{"id": "1512", "title": "Дремка ми се дреме мила мамо", "text": ": Дремка ми се дреме мила мамо,\n: На црениве очи.\n: Ај, дремка ми се дреме мила мамо,\n: На црниве очи.\n: \"Ако ти се дреме мили сине,\n: Вечерај па легни.\n: Ај, ако ти се дреме мили сине,\n: Вечерај па легни.\"\n: Ајде и да легнам мила мамо,\n: Сон не ме фаќа,\n: Ај, сон не ме фаќа мила мамо,\n: За мојто комшиче.\n: Иди ја посакај мила мамо,\n: Дал' ќе ти ја дадат,\n: Ај, иди ја посакај мила мамо,\n: Дал' ќе ти ја дадат.\n: Ако ти ја дадат мила мамо,\n: На пајтон ја качи,\n: Ај, ако не ја дадат мила мамо,\n: Постој, погледај ја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1515", "title": "Македонски народни песни/ 1762 лето", "text": ":Илјада и седемстотин шездесет и второ лето:в Охрида од Цариграда дошел Солаор.:Еј! Дошел Солаор.:Се претставил пред Арсениа:наша патрика честнаго:и му рек'л слово горко, слово жалосно.:Еј! Слово жалосно.:Царска волја е да тргнеш:денеска за Цариграда:на тебе од врли Грци, голем поплак е.:Еј! Голем поплак е.:Собрал патрик свое стадо:в црква свјати Климентова:благослов им дал последен, р'це заплетил.:Еј! Р'це заплетил.:Д'лго време липал старец:в молчење в'сенародно:и по бела брада ронел с'лзи горешти.:Еј! С'лзи горешти.:Слушајте ме мили чеда:јас ќе идам в Цариграда:на мене од врли Грци голем поплак е.:Еј! Голем поплак е.:Грцки патрик ќе ни строши:славна Охридска Столица:и мене до смрт ќе држи в заточение:Еј! В заточение.:Ќе прати владици Грци:лицем светци срцем в'лци:ќе ве дават, ќе ве стрижат,:ќе ве м’лзат до крв.:Еј! Ќе ве м'лзат до крв.:меѓу народа ќе сејат :несогласје и омраза, :да се мразат син со татка, и со брата брат. :Ej! И со брата брат :И ќе викнете до Бога :и крило не ќе најдете, :смирени ќе наведете :глави доземи. :Ќе ми бидете сираци; :така било написано. :Елате ми да ве гушна :за последен п'т. :Ч’рна т'га поразила :старо, младо, м'жи, жени, :Вси со р'це заплетени: с’лзи проливат. :Тој ги гушка, тие т'жни :му целуват десна р'ка, :и од р'ка как’ од извор :с'лзи се лејат. :Вјахнал Патрик брза коња :и неволно уп'тил се. :Тога грмкиј плач народен :небо процепил. :Умилил се чесниј Патрик, :свалил шапка навезана, :погледал на сино небо, :љуто прок’лнал: :„Ох! послушај, милиј Боже!: Хаир никога да немат :Стамче беј и Бујар Лигдо, :Пејко челеби! :Милостивиј Бог послушал :патричка горешча клетва; :слава нихна, семе нихно :погубил со шум. :И сега во куќи нихни :ткае пајак пајачина :и на пусти стрехи нихни :хукат хутове\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_1762_%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 332, "cyrillic": 0.997}
{"id": "1517", "title": "Македонски народни песни/ Абер дојде Донке", "text": ":Абер дојде Донке од кулата\n:Од кулата Донке од агата\n:Да ги збериш Донке аргатите\n:Аргатите Донке невестите\n:Ќе жнееме Донке куси јачмен\n:Куси јачмен Донке до колена\n:Они ќе јадат Донке лук и вода\n:Ти ќе јадеш Донке рудо јагне.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%80_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1518", "title": "Македонски народни песни/ Абер иде од Могила", "text": ": Абер ми иди од Могила,\n: низ поле Пелагониско,\n: право ми оди Битола -----\n: Битола кај валијата. 2х\n: Валијо бре Селим--ефенди 2х\n: Могила е полна комити ----\n: таму е Димче Могилче. 2х\n: налутил се Селим--ефенди, 2х\n: боднал си коња дорија\n: утре ќе оди Могила\n: собрал си аскер најсилен\n: низ прстен јајце да боде.\n: Ај од тука Димче Могилче\n: ај од тука куче каурско,\n: жената ќе ти ја украдам\n: далеку ќе ја однесам 2х\n: во сарај ќе ја потурчам.\n: Ај од тука Селим--ефенди\n: ај од тука куче касапско,\n: кожата ќе ти ја одерам\n: на плевна ќе ја обесам 2х\n: тапан ќе ја направам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%80_%D0%B8%D0%B4%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%9C%D0%BE%D0%B3%D0%B8%D0%BB%D0%B0", "word_count": 107, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1519", "title": "Македонски народни песни/ Ај да бегаме мори Васе", "text": ":Ај да бегаме мори Васе\n:ај да бегаме [x2]\n:в града Солуна\n:ај да бегаме\n:в града Солуна.\n:Там ќе најдеме мори Васе\n:там ќе најдеме [x2]\n:мома Спасија [x2]\n:болна легнала.\n:Ми повикала мори Васе\n:ми повикала [x2]\n:до три доктора\n:ми повикала до три доктора.\n:Први и вели мори Васе\n:од мерак лежи\n:втори и вели\n:тешко е болна. [x2]\n:Трети и вели мори Васе\n:трети и вели [x2]\n:јас ќе ја лекувам [x2]\n:и ќе ја земам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B5", "word_count": 85, "cyrillic": 0.917}
{"id": "1520", "title": "Македонски народни песни/ Ај засвирете ми чалгии", "text": ":Ај засвирете ми нешто чалгии,\n:Една песна мераклиска,\n:Да се сетам на младоста,\n:Да се врати в срце радоста.\n:Свирете ми чалгии,\n:Свирете ми си од срце,\n:празник ми е на душава,\n:Денес плчам за младоста.\n:Ај засвирете ми чалгии,\n:Една песна како животот,\n:очи, солзи да наполнат,\n:душа моја да олеснат.\n:Свирете ми чалгии,\n:Свирете ми си од срце,\n:Празник ми е на душава,\n:Денес плачам за младоста.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nbg:Ай, засвирете ми чалгии", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98_%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%B3%D0%B8%D0%B8", "word_count": 82, "cyrillic": 0.988}
{"id": "1521", "title": "Викиизвор:Автори-М", "text": "1 Ма\n:Методи Манев\n:Магдалена Македонска\n:Славе Македонски\n:Димче Маленко\n:Калина Малеска\n:Владо Малески\n:Коле Мангов\n:Евтим Манев\n:Славка Манева\n:Васе Манчев\n:Венко Марковски\n:Миле Марковски\n:Цветко Мартиновски\n:Виолета Мартиноска\n:Алексо Мартулков\n:Матеја Матевски\n:Кирил Манасиев\n:Соња Манџук\n:Никола Маџиров\n:Митко Маџунков\n2 Ми\n:Крсте Петков Мисирков\n:Бистрица Миркуловска\n:Драги Михајловски\n:Константин Миладинов\n:Димитар Миладинов\n:Блаже Миневски\n:Александар Митевски\n:Слободан Мицковиќ\n:Тодор Мицов\n3 Мл\n:Ранко Младеноски", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%9C", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1555", "title": "Македонски народни песни/ Ај што ми е мило ем драго", "text": "Ај што ми е мило ем драго е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ај што ми е мило ем драго\n:Ај што ми е мило ем драго\n:млада партизанка да станам.\n:Збогум и проштевај роде мој\n:јас отидов во бој, бој, бој.\n:Млада партизанка да станам\n:во Пелистерска планина\n:кај дванаесет кладенци.\n:Збогум и проштевај роде мој\n:јас отидов во бој, бој, бој.\n:Таму си клетва зедовме\n:со фашисти да се биеме\n:слобода да добиеме.\n:Збогум и проштевај роде мој\n:јас отидов во бој, бој, бој.\n:Слобода да добиеме\n:за нашта Македонија.\n:Збогум и проштевај роде мој\n:јас отидов во бој, бој, бој.", "subject": ["Македонски народни песни", "Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%B5%D0%BC_%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%BE", "word_count": 105, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1556", "title": "Македонски народни песни/ Ај! В Македонија глас се чует", "text": "Ај! В Македонија глас се чует е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ај! В Македонија глас се чует\n:Ај! В Македонија глас се чует\n:од нејзини сираци. [2х]\n:Ај! Душманите побеснале\n:колат, бесат се на ред. [2х]\n:Ај! Вие браќа Македонци\n:Вие славни јунаци. [2х]\n:Ај! Крв'о знаме да развејме\n:в македонски долини. [2х]\n:Ај! На знаме е напишано\n:„слобода или смрт”. [2х]\n:Ај! Нека чует и Европа\n:да робот се пробуди. [2х]\n:Ај! Македонија не се плаши\n:од нивниот јатаган.\n:Ај тој се фрлат како тигар\n:среде војски, јатаган.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%21_%D0%92_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%B5%D1%82", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1558", "title": "Македонски народни песни/ Ајде жалај ме, Малино", "text": ": Ајде жалај ме, Малино моме,\n: плакај ме,\n: Оти јас ќе одам, Малино моме, комита.\n: Ај низ таја, Малино моме,\n: Пирин Планина,\n: на кумитските, Малино моме, зборишта.\n: Ајде отиди, Малино моме, в градина,\n: ајде набери, Малино моме,\n: китка трендафил.\n: Ајде накити, Малино моме,\n: Делчев војвода\n: и неговата, Малино моме, верна дружина.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1559", "title": "Македонски народни песни/ Ајде Милке да бегаме", "text": ": Ајде Милке да бегаме,\n: Наше село Малешево\n: Милкано, мори моме убаво\n: Наше село Малешево\n: Од три страни сонце грее,\n: Од три страни сонце грее\n: Од четврта-месечина\n: Милкано, мори моме убаво\n: Наше село Малешево\n: Три пати се жетва жнее\n: Три пати се жетва жнее\n: Два пати се грозје бере\n: Милкано, мори моме убаво.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B5_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BC%D0%B5", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1561", "title": "Македонски народни песни/ Ајде поминувам заминувам", "text": ":Ајде поминувам заминувам,\n:На бел камен починувам.\n:Ајде сал питувам, пропитувам,\n:Дека седи калеш Родна.\n:Ајде калеш Родна,\n:Калеш родна вапцарката.\n:Ајде да ми вапца мори,\n:Да ми вапца два бајраци.\n:Ајде еден зелен, еден зелен,\n:Еден зелен, другјо црвен.\n:Ајде зелиниот мори за на свадба,\n:Црвенијот за на бојот.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC_%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1560", "title": "Македонски народни песни/ Ајде мори Стојно ле, мој соколе", "text": ":Ајде мој Стојно ле, мој соколе\n:Ти виното мор не го пиеш,\n:Ај мој виновина ти меришеш,\n:Не лудо жими мој братено,\n:Ајде мој сношти урван во керало,\n:Помина покрај мој бочката\n:Ајде мој ми се фати\n:Ми се фатије мој полите\n:Ми се истури мој виното\n:Ајде мој затова\n:Лудо ле море, мој младо ле,\n:Виновина мој ти меришам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%BE_%D0%BB%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%BE%D1%98_%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B5", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1552", "title": "Крсте Петков Мисирков/ Македонски национализам", "text": "Македонскиот национализам\nНие, македонската интелигенција, без сомнение, ја носиме најголемата одговорност за положбата во која денеска се наоѓа нашата татковина. Меѓутоа, има околности што ја намалуваат нашата вина, не оправдуваат пред нашите несреќни сонародници, особено пред оние што прокудени од своите родни огништа се принудени денеска немили и недраги да скитаат низ разните краишта на Бугарија.\nЦели триесет години се водеше херојска борба на Македонците за соборување на турското ропство. Едновремено со тоа во Македонија беснееја, деморализирајќи дел од населението, туѓите пропаганди. Македонската интелигенција се оддаде пред се’ на револуционерна дејност. Но имаше и такви што наоѓаа дека има и други патишта и можеби не помалку важни од револуционерната борба за успехот на македонското дело.\nМојата книшка за македонските работи, издадена во Софија во 1903 година, и мојата статија „За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров” покажуваат дека дел од македонската интелигенција барала и наоѓала и други средства за борба, а имено самостојната македонска научна мисла и македонската национална свест.\nЈас не се каам што уште пред 28 години се објавив за македонскиот сепаратизам. Последниов беше и си останува за мене единствениот излез, најдобриот пат по кој македонската интелигенција би го исполнила и ќе го исполни својот долг пред татковината и пред нашиот народ.\nВо 1912 година на прашањето на моите сотатковинци - што да се прави ако нашето село остане под грчка власт, им одговорив: под каква власт и да остане селото вие ќе си останете на местото, нема никаде да се иселувате.\nМожеби од општобугарско гледиште јас не сум дал наполно патриотски совет, но од македонско гледиште тој совет е единствено правилен.\nКога, меѓутоа Грците изгонија насила многу Македонци во Бугарија, јас како Бугарин би требало да се радувам што бугарското племе изгуби земји, но си, го зачува населението од елинизирање.\nНо јас не се радувам на тоа иселување. Исто така не можам да гледам на прашањево со очите на г. Мих. Маџаров, којшто вели дека подземните богатства и градските индустрии на Бугарија печалеле од пристигањето на бегалците.\nМојот македонски патриотизам и тука го победува бугарскиот патриотизам. Македонците и се нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив.\nМакедонците или треба да си останат на родните места, па ако сака и ѓаволот да ги владее, или пак, ако им е судено да се местат, тие треба да се преместат од едниот крај на Македонија во друг крај, но пак на Македонија, а не на Бугарија, Србија или Елада. Изгонети од грчка Македонија, Македонците требаше да отидат во српска Македонија, да образуваат воени населби и да го дочекаат денот кога би можеле да се вратат на родните пепелишта.\nЌе речете: така не може да размислува еден Бугарин. Да, но така може и треба да размислува еден Македонец.\nМожеби ќе бидам упрекнат за малодушност, за изневера. Ќе речат: тоа што е денеска нема да остане вечно така; и за бугарштината еден ден ќе огрее сонце.\nТоа е онаа иднина за која ние водиме и треба да водиме сметка и пред која ние сме одговорни. Но прашувам јас: правилно ли е разрешено македонското прашање со преселувањето на 300-400.000 Македонци од грчка Македонија во Бугарија наместо тие да бидат население во српска Македонија.\nИ од македонско и од српско, па дури и од бугарско, т.е. од општо јужнословенско гледиште најправилно, најцелесообразно и најпредвидливо би било изгонетите Македонци да бидат населени во Јужна Македонија за да образуваат една непробојна стена против азијатскиот грцизам расположен со фронт на север против Југославија и Бугарија.\nНека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не’ прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се’ само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.\nИ нека бидат уверени сите заинтересирани дека кај Македонецот ќе се најде достатно такт, предвидливост, самопожртвување за постигањето на едно општо добрување на Балканот, доста е да биде зачетено националното и личното достоинство на Македонецот.\nК. Мисирков! Македонски национализам, „Мир” XXXI, 7417, Софија, 12.3.1925, 1.\n1 Забелешки\n2 Поврзано\n*Крсте Петков Мисирков", "subject": ["Крсте Петков Мисирков"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B5_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2_%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2/_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC", "word_count": 733, "cyrillic": 0.999}
{"id": "1557", "title": "Македонски народни песни/ Ајде дали знаеш паметиш Милице", "text": ": Ајде дали знаеш паметиш Милице\n: Кога си бевме малечки де-еј\n: Кога си бевме малечки Милице\n: Ај кога се двајцата љубевме\n: Ај кога се двајцата љубевме Милице\n: Во чичовото градинче де-еј\n: Во чичовото градинче Милице\n: Ај кај шарените цвеќиња\n: Ај кај шарените цвеќиња Милице\n: Трендафил цвеќе цутеше де-еј\n: Трендафил цвеќе цутеше Милице\n: Ај на градите ти паѓаше\n: Ај на градите ти паѓаше Милице\n: Ти на скутот ми спиеше де-еј\n: Ти на скутот ми спиеше Милице\n: Ај тогаш ти лице целував\n: Ај тигаш ти лице целував Милице\n: Лице ти беше спокнато де-еј\n: Лице ти беше спотнато Милице\n: Ај на срце оган то гореше\n: Ај на срце оган ти гореше Милице\n: Ти мене жално ме гледаше де-еј\n: Ти мене жално ме гледаше Милице\n: Ај од очи солзи ронеше.\n: Лице ти беше спотнато Милице\n: Ај на срце оган то гореше\n: Ај на срце оган ти гореше Милице\n: Ти мене жално ме гледаше де-еј\n: Ти мене жално ме гледаше Милице\n: Ај од очи солзи ронеше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nbg:Айде, дали знаеш, паметиш, Милице", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%88_%D0%BF%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%88_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5", "word_count": 181, "cyrillic": 0.994}
{"id": "1562", "title": "Македонски народни песни/ Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо", "text": ": Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо,\n: што тамбурата свири.\n: Тамбурата свири, калеш бре Анѓо,\n: анама да бидиш.\n: Анама да бидиш, калеш бре Анѓо,\n: на чардак да седиш.\n: На чардак да седиш, калеш бре Анѓо,\n: жолтици да броиш.\n: Жолтици да броиш, калеш бре Анѓо,\n: бисери да нижиш.\n: Бисери да нижиш, калеш бре Анѓо,\n: на грло да редиш.\n: Ајде, слушај, слушај клето бре Турче,\n: анама не бивам.\n: Анама не бивам, клето бре Турче,\n: турски не разбирам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0%D1%98%2C_%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0%D1%98%2C_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%90%D0%BD%D1%93%D0%BE", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1563", "title": "Македонски народни песни/ Ајде ќе те прашам бре Донке", "text": "Ајде ќе те прашам бре Донке е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ајде ќе те прашам, бре Донке,\n:Донке Вардаринке:\n:Ајде дали тече, бре Донке,\n:Вардар матна вода?\n:Ајде тече, тече, бре лудо,\n:бели далги фрла.\n:Ајде ми донесе, бре лудо,\n:до два ми јунака.\n:Ајде први јунак ми беше\n:тој ми Мирче Ацев\n:Ајде втори јунак ми беше\n:тој ми Страшо Пинџур.\n2 Види исто така\n* Од борбата/ 10 песна", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%9C%D0%B5_%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D0%BC_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1564", "title": "Македонски народни песни/ Ајде шана мана на кантарот", "text": "Ајде шана мана на кантарот е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ајде шана мана на кантарот\n:Ајде шана мана на кантарот\n:да ме бараш Веле зад амбарот\n:ајде да ми дојдиш на Велигден\n:на Велигден Веле, третиот ден.\n:Ајде да заиграш едно оро\n:едно оро Веле на сред село\n:ајде и да умрам не ми е жал\n:се' што носам Веле, се' е твое.\n:Ајде челината лаковани\n:Од Пандета, Веле, Шулинчето\n:ајде шегунчето навезано\n:од Смилета, Веле, Малинчето.\n:Ајде кошничето кадифено\n:од Сандрета, Веле, Новинчето\n:ајде и да умрам не ми е жал\n:се' што носам Веле, се' е твое.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1568", "title": "Македонски народни песни/ Ако пијам рујно вино", "text": "Ако пијам рујно вино е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ако пијам рујно вино\n:Ако пијам рујно вино\n:ако пијам рум, ракија [2х]\n:ако пијам, ако пијам\n:пијам да те заборавам. [2х]\n:Ако не ми веруваш\n:отвори го прозорецот [2х]\n:погледни го Пелистер\n:прашај ги врвовите. [2х]\n:Ако пијам изгор очи\n:ако љубам шеќер усни [2х]\n:ако мрсам бујни коси\n:изгор пак либе за тебе. [2х]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D0%BA%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BC_%D1%80%D1%83%D1%98%D0%BD%D0%BE_%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1565", "title": "Македонски народни песни/ Ајде што пијана шеташ Фиме", "text": "Ајде што пијана шеташ Фиме е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ајде што пијана шеташ Фиме\n:Ајде што пијана шеташ Фиме\n:што пијана шеташ\n:ај што пијана шеташ Фиме мори\n:пијана без ракија.\n:Ајде тебе не прилега Фиме\n:тебе не прилега\n:ајде тебе не прилега Фиме мори\n:чаршија да одиш.\n:Ајде чаршија да шеташ Фиме\n:чаршија да шеташ\n:ајде чаршија да шеташ Фиме мори\n:боса на налани.\n:Ајде тебе ти прилега Фиме\n:на сарај да седиш\n:ајде на сарај да седиш Фиме мори\n:жолтици да нижиш.\n:Ајде жолтици да нижиш Фиме\n:жолтици да нижиш\n:ајде жолтици да нижиш Фиме мори\n:на грло да носиш.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%88_%D0%A4%D0%B8%D0%BC%D0%B5", "word_count": 106, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1566", "title": "Македонски народни песни/ Ајде што ти текна", "text": "Ајде што ти текна е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ајде што ти текна\n:Ајде што ти текна да побегнеш\n:на сабајле во зорите. [2х]\n:Ајде на сабајле во зорите\n:уште петли непропеани. [2х]\n:Ајде дали куќа не бендиса\n:или свекор или свекрва. [2х]\n:Ајде куќата е мошне арна\n:свекорот е кротко јагне. [2х]\n:Ајде свекорот е кротко јагне\n:а свекрва љута змија. [2х]\n:Ајде кабаетот е во момчето\n:мома легни, мома стани. [2х]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%BD%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1569", "title": "Македонски народни песни/ Ако умрам ил загинам", "text": ": Ако умрам ил загинам,\n: немој да ме жалите,\n: напијте се рујно вино\n: скршете ги чашите.\n: Рефрен:\n: Ej, верни другари,\n: песна запејте,\n: мене спомнете. х2\n: Ако умрам ил загинам,\n: поп немој да викате\n: вие на гроб да ми дојте,\n: оро да заиграте.\n: Рефрен\n: Ако умрам ил загинам,\n: ќе останат спомени.\n: Што сум лудо, лудовало\n: на младите години.\n: Рефрен\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nbg:Ако умра ил загина", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D0%BA%D0%BE_%D1%83%D0%BC%D1%80%D0%B0%D0%BC_%D0%B8%D0%BB_%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BC", "word_count": 70, "cyrillic": 0.971}
{"id": "1572", "title": "Македонски народни песни/ Ах љубов, пак љубов", "text": "Ах љубов, пак љубов е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ах љубов, пак љубов\n:Ова момче ме моли бре\n:со тие очи\n:со тие очи бадемлии\n:а ти моме не ме гледај [2х]\n:лесно заспивај.\n:РЕФРЕН\n:Ах љубов, пак љубов\n:без тебе не може\n:за очи бадемлии\n:кој болен не лежи.\n:Море момче многу сакаш бре\n:да не ти се слоши\n:сакаш ли да ме целиваш\n:итро моме ти насмеј се [2х]\n:појди со мене.\n:РЕФРЕН\n:Море ќе ме молиш бре ти\n:лудо младо\n:ти без мене не можеш\n:Цел свет да шеташ [2х]\n:нема да најдиш\n:полично од мене.\n:РЕФРЕН\nАвори:Христијан Николовски и Бојана Андонова", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%85_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2%2C_%D0%BF%D0%B0%D0%BA_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2", "word_count": 109, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1574", "title": "Македонски народни песни/ Билбил пее во планина", "text": "Билбил пее во планина е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Билбил пее во планина\n:Билбил пее во планина\n:моме седи во градина\n:Билбил моме наговара\n:ајде моме да пееме.\n:Ако мене ти натпееш\n:ќе ти дадам планината\n:ќе ти дадам планината\n:со се гранки, сосе буки.\n:Ако тебе јас натпеам\n:ќе ти земам градината [2х]\n:сосе цвеќе, сосе тебе.\n:Билбил моме натпеало\n:му ја зеде градината.\n:Му ја зеде градината\n:сосе цвеќе, сосе моме.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D0%BB_%D0%BF%D0%B5%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1571", "title": "Македонски народни песни/ Антице жална душице", "text": "Антице џанам душице е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Антице џанам душице\n:Антице џанам душице\n:а што пусти к'смет си немала\n:и на твојата убавина\n:и на твојата личотија.\n:Не жали Анте, не плачи\n:не рони солзи крвави.\n:Сестра ти мала се омажи\n:а ти поголема несвршена\n:ти момче стројник ми испрати\n:тебе ми те прво посака.\n:Не жали Анте не плачи\n:не расипуј си го лицето.\n:На душа ми те зедоја\n:мајка ти та и татко ти\n:ти момче стројник ми испрати\n:тебе ми те прво посака.\n:Не жали Анте не плачи\n:не расипуј си го лицето.\n:На стројникот што му рекоја\n:Антица ми је посвршена\n:Антица ми је посвршена\n:за Димитрија, Робета.\n:Ако ја сакаш малата\n:малата кира Василикија.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B5_%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B5", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1573", "title": "Македонски народни песни/ Бело лице љубам јас", "text": ":Бело лице љубам јас,\n:Бело лице љубам јас.\n:И да љубам и да гледам,\n:Фајде нема, душо моја.\n:Шеќерна, шеќерна,\n:Ти калеша неверна.\n:Гајтан веѓи љубам јас,\n:Гајтан веѓи љубам јас.\n:И да љубам и да гледам,\n:Фајде нема, душо моја.\n:Шеќерна, шеќерна,\n:Ти калеша неверна.\n:Црни очи љубам јас,\n:Црни очи љубам јас.\n:И да љубам и да гледам,\n:Фајде нема, душо моја.\n:Шеќерна, шеќерна,\n:Ти калеша неверна.\n:Медено усте љубам јас,\n:Медено усте љубам јас.\n:И да љубам и да гледам,\n:Фајде нема, душо моја.\n:Шеќерна, шеќерна,\n:Ти калеша неверна.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%BC_%D1%98%D0%B0%D1%81", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1567", "title": "Македонски народни песни/ Ајде, ред се редат, мале", "text": ":Ајде, ред се редат, мале,\n:Ајде, ред се редат,\n:Кочански сејмени, мила мале,\n:Кочански сејмени.\n:Ајде, ќе ми одат, мале,\n:Ајде, ќе ми одат,\n:Покрај Крива Река, мила мале,\n:Покрај Крива Река.\n:Ајде, ќе го барат, мале,\n:Ајде, ќе го барат,\n:Иљо арамија, мила мале,\n:Иљо арамија.\n:Ајде, не ми било Иљо,\n:Ајде, не ми било,\n:Покрај Крива Река, мила мале,\n:Покрај Крива Река.\n:Ајде, тук ми било Иљо,\n:Ајде, тук ми било,\n:Во Солуна града, мила мале,\n:Во ладна меана.\n:Ајде, го служела, мале,\n:Ајде, го служела,\n:Мома Македонка, мила мале,\n:Мома Македонка.\n:Ајде го разбрале, мале\n:ајде, го разбрале\n:клетите шпиони, мила мале\n:клетите шпиони.\n:Ајде, сардисале, мале\n:ајде, сардисале\n:ладната меана, мила мале\n:ладната меана.\n:Ајде, кога виде, мале\n:ајде, кога виде\n:Иљо арамија, мила мале\n:Иљо арамија.\n:Ајде, па извади, мале\n:ајде, па извади\n:бомби и патрони, мила мале\n:бомби и патрони.\n:Ајде, па потепа, мале\n:ајде, па потепа\n:целата потера, мила мале\n:целата потера.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5%2C_%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D1%81%D0%B5_%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%2C_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B5", "word_count": 164, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1577", "title": "Македонски народни песни/ Бог да бие мојта мајка", "text": "Бог да бие мојта мајка е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Бог да бие мојта мајка\n:Бог да бие мојта мајка [2х]\n:де мори Јано де, де, де\n:де мори душо де. [2х]\n:Што ме даде на далеку\n:на далеку, преку Вардар\n:да мори Јано де, де, де\n:де мори душо де. [2х]\n:Да не можам да се видам\n:нит со мајка нит со татко\n:де мори Јано де, де, де\n:де мори душо де. [2х]\n:Нит со мајка нит со татко\n:нит со браќа нит со сестри\n:де мори Јано де, де, де\n:де мори душо де. [2х]\n:Нит со браќа нит со сестри\n:нит со мојто прво либе\n:де мори Јано де, де, де\n:де мори душо де. [2х]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1570", "title": "Македонски народни песни/ Ангелино моме", "text": ":Ангелино моме,\n:шо си толко љута, џанам,\n:Ангелино моме,\n:шо си толко љута,\n:Љута наљутена,\n:глава навидена, џанам,\n:Љута наљутена,\n:глава навидена,\n:Дали мајка каре,\n:или татко бие, џанам,\n:Дали мајка каре,\n:или татко бие,\n:Ниту мајка каре,\n:ниту татко бие, џанам,\n:Ниту мајка каре,\n:ниту татко бие,\n:Как да не сам љута,\n:оти ме дадеја, џанам,\n:На село тарлешко,\n:на голема куќа,\n:На голема куќа,\n:на малечко момче, џанам,\n:На голема куќа,\n:на малечко момче,\n:Јас бежам киларе,\n:и он по мене иде, џанам,\n:и он по мене иде,\n:и додо ме вика,\n:Јас за вода одам,\n:и он по мене иде, џанам,\n:и он по мене иде,\n:и мајко ме вика\n:Јас не ти сам мајка,\n:туку ти сам жена, џанам,\n:Туку ти сам жена,\n:Желки да те јадат.\nОваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на [[Солун].\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 147, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1575", "title": "Македонски народни песни/ Билјана платно белеше", "text": ": Билјана платно белеше\n: на охридските извори.\n: Ми поминаа винари,\n: винари белограѓни. 2х\n:: \"Винари белограѓани,\n: кротко терајте карванот,\n: да не ми платно згазите,\n: платното ми е даровно,\n: платното ми е даровно,\n: за свекор и за свекрва.\"\n:: \"Ако ти платно згазиме,\n: со вино ќе го платиме,\n: со вино ќе го платиме,\n: и бела лута ракија.\" 2х\n:: \"Винари белограѓани,\n: не ви го сакам виното,\n: тук' ви го сакам лудото,\n: што напред тера карванот.\" 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nbg:Биляна платно белеше\nsr:Биљана платно белеше", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%BE_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 87, "cyrillic": 0.976}
{"id": "1580", "title": "Македонски народни песни/ Болен лежи катил Ѓорѓи", "text": ": Болен лежи катил Ѓорѓи,\n: В Солунски зандани.\n: Дење лежи катил Ѓорѓи,\n: Ноќе го испитуваат.\n: Кажи, кажи катил Ѓорѓи,\n: Кај е твојта пушка?\n: Кај е твојта пушка Ѓорѓи,\n: Пушка-маликера.\n: Главата си давам душман,\n: Пушка не кажувам.\n: Пушка не кажувам душман,\n: Пушка-маликера.\n: Откаде спечали Ѓорѓи,\n: Тешкото имање?\n: Бегови сум клало душман,\n: Пари сум земало.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BB_%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1581", "title": "Македонски народни песни/ Болен лежи Миле Поп Јорданов", "text": ": Болен ми лежи Миле Поп Јорданов х2\n: над глава му стои стара му мајка,\n: жално го жали, милно го плачи.\n: Стани ми, стани, мое мило чедо, х2\n: твојте другари по сокаци одат,\n: жални песни пеат, тебе те споминат.\n: Бог да го прости Миле Поп Јорданов, х2\n: Миле Поп Орданов за Народ загина,\n: за народ загина, за Македонија.\n: Неговите сестри в црно облечени, х2\n: свадба ќе прават, брата ќе женат,\n: брата ќе женат за Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D0%9F%D0%BE%D0%BF_%D0%88%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1579", "title": "Македонски народни песни/ Бог да го убие мамо", "text": ": Бог да го убие мамо, бог да го убие,\n: Комшичето мамо, терзичето, леле,\n: Комшичето, мамо, терзичето.\n: Тесно ми го скрои мамо, тесно ми го скрои,\n: Елечето мамо, џамаданчето, леле,\n: Елечето мамо, џамаданчето.\n: Оф, аман, оф, љубов,\n: Оф, тенка половина, за комшичето, леле,\n: Оф, тенка половина за комшичето.\n: Тесно ми го скрои мамо, поарно ми стои,\n: Елечето мамо, џамаданчето, леле,\n: Елечето мамо, џамаданчето.\n: Оф аман, оф, љубов,\n: Оф, тенка половина, за комшичето, леле,\n: Оф, тенка половина, за комшичето.\n: Дај ме мори мила мамо, дај ме мила мамо,\n: За комшичето мамо, за терзичето, леле,\n: За комшичето мамо, за терзичето.\n: Оф, аман, оф, љубов,\n: Оф, тенка половина, за комшичето, леле,\n: Оф, тенка половина, за комшичето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B3%D0%BE_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 117, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1585", "title": "Македонски народни песни/ Виена лоза виена", "text": ":Виена лоза виена,\n:Не ми е лоза виена,\n:Тук ми е мома армасана,\n:Армасана невенчана.\n:Недела свадба ќе правиме,\n:Сватови ќе пречекуваме\n:Сватови ќе пречекуваме\n:од това село Претино\n:Од това село Претино\n:За младо момче убаво.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%92%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1576", "title": "Македонски народни песни/ Битола, мој роден крај", "text": "1 Текст\n: Битола, мој роден крај,\n: Во тебе сум роден,\n: За мене си рај.\n: Битола, мој роден крај,\n: Јас те сакам од срце, знај.\n: Битола, мој роден крај,: Јас те сакам, за тебе пеам.: Многу градови, села пројдов,: Како тебе Битола, нигде не најдов.: Битола, мој роден крај,: Јас те сакам од срце, знај.: Битола, мој роден крај,: Јас те сакам, за тебе пеам.: Еј, роден крај, кој би можел,: Збогум да ти рече, да не заплаче.: Битола, мој роден крај,: Јас те сакам од срце, знај.: Битола, мој роден крај,: Јас те сакам, за тебе пеам.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0%2C_%D0%BC%D0%BE%D1%98_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1584", "title": "Македонски народни песни/ Брала мома капини", "text": ": Брала мома капини,\n: Во попови Градини,\n: Брала мома капини,\n: Во попови градини,\n: Оф аман, аман, аман.\n: Оздол иде падарот,\n: И на моме говори,\n: Постој моме,почекај,\n: Да ти кажам два збора,\n: Оф аман, аман, аман.\n: Не и кажа два збора,\n: Тук ја фана за рака,\n: Не и кажа два збора,\n: Тук ја фана за рака,\n: Оф аман, аман, аман.\n: А бре чичко падаре,\n: Јас сум попова внука,\n: Ак' си попова внука,\n: А што бараш ти тука,\n: Оф аман, аман, аман.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B8", "word_count": 85, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1586", "title": "Македонски народни песни/ Вино пијам, ем ракија", "text": ": Вино пијам, ем ракија\n: Коња јавам, аџамија.\n: Коњ ме шета горе-доле,\n: Горе-доле низ тоа поле.\n: Ме однесе в ладна меана,\n: Во меана до три моми.\n: Прва точи, другата носи,\n: А третата мене ме гледа.\n: Па ја качив на коњчето,\n: Ја однесов право дома.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nbg:Вино пиям, ем ракия", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%92%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BC%2C_%D0%B5%D0%BC_%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 0.982}
{"id": "1578", "title": "Македонски народни песни/ Бог да бие Русе твојта мајка", "text": "Бог да бие Русе твојта мајка е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Бог да бие Русе твојта мајка\n:Бог да бие Русе твојта мајка\n:твојта мајка Русе, Ангелина. [2х]\n:Што не те дават Русе за Џоџета\n:за Џоџета Русе од Филевци\n:тук ми те дават Русеза Наумета\n:за Наумета Русе, од Банџовци.\n:Неќум го Русе мори тој Наумета\n:тој ти сакат Русе многу пари\n:само Џоџе Русе пари нејќи\n:само тебе Русе ми те сакат.\n:Бог да го ј'убил Русе тој Никола\n:тој Никола Русе, резилето\n:што му дават Русе голем фурсат\n:да те грабит Русе наполноке\n:со дебрани Русе, велештани\n:полојката Русе, охриѓани.\n:Џоџе врви џанам со кајчето\n:Русе седи џанам на масчето\n:сал си веслат Џоџе, песна пеит\n:песна пеит Русе се за тебе\n:никој око Русе не му клава.\n:Таксај мајко, таксај\n:што ќе таксаш\n:на Илија мајко, жолти чевли\n:на Климета мајко, шал кошула\n:на Парета мајко, таки френски\n:на Ташета мајко, рало гашти\n:а на Џоџета мајко, тарапанци\n:Ќе те носит Русе, Свети Наум\n:тамо Џоџе, Русе ќе те венчат\n:и на гробот Русе ќе си легни\n:белким умот Русе ќе му дојди\n:дал' ќе му дојди Русе\n:ил ќе му излези.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%A0%D1%83%D1%81%D0%B5_%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 200, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1583", "title": "Македонски народни песни/ Бор садила мома Евгенија", "text": ": Бор садила мома Евгенија,\n: Бор садила, ем Бога молила.\n: Бор садила мома Евгенија,\n: Бор садила, ем бога молила.\n: Дај ми Боже бор да ми порасне,\n: Да се качам на борови вејки.\n: Дај ми Боже бор да ми порасне,\n: Да се качам на борови вејки.\n: Да здогледам сред море гемија,\n: Во гемија-окован делија.\n: Да здогледам сред море гемија,\n: Во гемија-окован делија.\n: Раце му се синџир-заврзани,\n: Нозе му се франги-оковани.\n: Раце му се синџир-заврзани,\n: Нозе му се бука-оптегнати.\n: На рамо му се два сива сокола,\n: Го прашува мома Евгенија.\n: Го прашува мома Евгенија,\n: Со што раниш два сива сокола.\n: \"Парче сечам, соколи си ранам,\n: Солзи леам, вода ги напивам.\n: Парче сечам, соколи си ранам,\n: Солзи леам, вода ги напивам.\"\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D1%80_%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%95%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 128, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1582", "title": "Македонски народни песни/ Болен лежи млад Стојан", "text": ": Болен лежи млад Стојан,\n: Болен лежи и ќе умре.\n: Над главата му, младата невеста,\n: С' машко дете на раце,\n: Солзи рони, солзите и’ капат,\n: По Стојановото лице.\n: Стојан се подразбуди\n: И тивко и’ говори:\n: \"Ој Невено, ти млада невесто,\n: Што ми лади лицево?\n: Дали ситна роса подросува\n: Или силни дождови?\"\n: А Невена му вели:\n: \"Стојане бре стопане,\n: Нити ситна роса подросува,\n: Нити силни дождови-\n: Мојве солзи по лице ти капат,\n: Од селански неправди.\n: Синоќа крај чешмата,\n: Селани се збраја,\n: Збор збореја, кога ти ќе умреш,\n: Дете да ми задават,\n: Мене млада, далеку однесат,\n: За пари ме продадат.\"\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1588", "title": "Македонски народни песни/ Врана коња јавам јас", "text": ": Врана коња јавам јас,\n: Одам по невестата,\n: Одам по невестата,\n: Дал' ќе ми ја дадат.\n: На сред село тапан чука,\n: Оро се вие,\n: Оро се вие,\n: Мома водеше.\n: Татко и ја дава,\n: Село не ја дава,\n: Село не ја дава,\n: Оти е убава.\n: Ќе умрам мајко, загинам,\n: Без неа дома не одам,\n: В село слуга ќе бидам,\n: Само неа да гледам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%92%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D1%9A%D0%B0_%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BC_%D1%98%D0%B0%D1%81", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1590", "title": "Македонски народни песни/ Го фатиле клети Турци едно моме", "text": ": Го фатиле клети Турци\n: едно моме најубаво\n: го фатиле клети Турци,клети Турци\n: најубаво во селото.\n: Му врзале двете раце\n: двете раце наопаку\n: му врзале двете раце,двете раце\n: двете раце наопаку.\n: Кажи кажи лично моме\n: кај се крие Гоце Делчев?\n: Кажи,кажи лично моме,лично моме\n: кај се крие Гоце Делчев?\n: И да умрам да загинам\n: јас за Гоце не кажувам!\n: И да умрам да загинам,клети Турци\n: јас за Гоце Не кажувам!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%93%D0%BE_%D1%84%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D0%BA%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8_%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1593", "title": "Што имала к’смет Стамена", "text": ":Што имала к’смет Стамена, Стамена,\n:мајка и’ болна паднала, паднала. (х2)\n:Мајка и’ болна паднала, паднала,\n:посакала вода студена, студена. (х2)\n:Стамена зема стомните, стомните,\n:отиде на чешма шарена, шарена,\n:отиде на чешма шарена, шарена,\n:да наполни вода студена, студена.\n:Во село оро играле, играле\n:на танец млади Стојане, Стојане.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BA%E2%80%99%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1592", "title": "Што се срамиш калеш Кирчо", "text": ":Што се срамиш калеш Кирчо\n:Мене да погледаш\n:Мене да погледаш лудо\n:Во црниве очи.\n:Не се срамам лично моме\n:Тебе да погледам\n:Тук се плашам лично Севде\n:Тебе да заљубам.\n:Кој те тебе лично моме\n:Сал еднаш догледнал\n:Љута рана лично Севде\n:На срце си ставил.\n:Земј мене калеш Кирчо\n:За млада невеста\n:Да не ставаш љута рана\n:На твоето срце.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%88_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88_%D0%9A%D0%B8%D1%80%D1%87%D0%BE", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1595", "title": "Давај ме мила мамо, давај ме", "text": ": Давај ме мила мамо, давај ме,\n: За тоа мила мамо циганче.\n: Аман, оф аман, мила мамо,\n: Тоа циганче.\n: Устата му е мамо, кутивче,\n: Забите му се мамо, бисери.\n: Аман,оф аман, мила мамо,\n: Заби-бисери.\n: Куќата му е мамо, колиба,\n: За мене, мила мамо, палата.\n: Аман, оф аман, мила мамо,\n: За менe-палата.\n: Дење го гледам мамо, циганче,\n: Ноќе го гледам мамо, галабче.\n: Аман, оф аман, мила мамо,\n: Ноќе-галабче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE%2C_%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1596", "title": "Дали думаш либе", "text": ": Дали думаш либе,\n: Да ли паметуваш,\n: Кога бевме мило либе,\n: Двајце не прошетка.\n: Нели ми велеше,\n: Нели се колнеше,\n: Јас не љубам друго либе,\n: Само тебе душо.\n: Земи си ножето,\n: Распарај срцето,\n: Таму ќе си најдиш либе,\n: Две срца вљубени.\n: Ах,колку е мачно,\n: Ах,колку е мачно,\n: Јас да те љубам либе,\n: А друг да те земи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B4%D1%83%D0%BC%D0%B0%D1%88_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1589", "title": "Македонски народни песни/ Гледај ме, гледај либе", "text": "Гледај ме, гледај либе е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Гледај ме, гледај либе\n:гледај ме, гледај, ах верно либе\n:нагледај ми се.\n:Денес сум тука либе\n:денес сум тука\n:денес сум тука ах, моё верно либе\n:утре заминвам.\n:Партизан ќ'одам либе\n:Партизан ќ'одам\n:Партизан ќ'одам ах, верно либе\n:Славеј Планина\n:Славеј Планина, либе\n:Славеј Планина\n:Славеј Планина ах, верно либе\n:во Караорман.\n:Од там ќе гледам либе\n:Од там ќе гледам\n:Од там ќе гледам ах, верно либе\n:славна Дебарца.\n:Славна Дебарца либе\n:славна Дебарца ах, верно либе\n:се' изгорена.\n:Ја изгореле либе\n:ја опљачкале\n:ја изгореле ах, верно либе\n:ѕверој фашисти.", "subject": ["Македонски народни песни", "Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%93%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%98_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5", "word_count": 108, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1591", "title": "Македонски народни песни/ Градел Илија манастир", "text": ": Градел Илија манастир,\n: градел Илија манастир,\n: градел Илија манастир, оф аман, аман,\n: на врв на Пирин Планина.\n: Оздола иде Ирина,\n: оздола иде Ирина,\n: оздола иде Ирина, оф аман, аман,\n: и на Илија говори:\n: „Земи ме батко Илија,\n: земи ме батко Илија,\n: земи ме батко Илија, оф аман, аман,\n: во твојта тесна ќелија.“\n: „Калугерица да станам,\n: калугерица да станам,\n: калугерица да станам, оф аман, аман,\n: црно норасо да носам.“\n: „Не можам сестро Ирино,\n: не можам сестро Ирино,\n: што ти се руси косите, оф аман, аман,\n: и ти играат очите.“\n: „Косите ќе ги исечам,\n: косите ќе ги исечам,\n: очите ќе си ги скротам,\n: косите ќе ги исечам, оф аман, аман,\n: очите ќе си ги скротам.“\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BB_%D0%98%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80", "word_count": 118, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1597", "title": "Дафино вино црвено", "text": ":Дафино вино црвено\n:Момчето ти е заспало\n:На Каракамен планина\n:На сува рида без вода\n:Ми поминале ајдуци\n:Гунчето му го украле\n:Гунчето му го украле\n:В меана му го продале\n:В меана му го продале\n:За бела лута ракија\n:За бела лута ракија\n:И рујно вино црвено\n:Ако му го зеле гунчето\n:Нека ми е живо момчето\n:Нека ми е живо момчето\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D1%86%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1599", "title": "Девет години", "text": "Девет години е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Девет години\n:Девет години болен лежам\n:в рајски градини [2x]\n:солзи ронев. [2x]\n:С' превез девојче плаче над гроб\n:и ми се смеит [2x]\n:да сум бил роб. [2x]\n:Не си достоен, ох ангел мој\n:ко не си воен, не си ни достоен\n:јунак во бој. [2x]\n:Сама ќе дојдам, ох драги мој\n:крст да ти сложам, венец да положам\n:на гробот твој. [2x]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8", "word_count": 74, "cyrillic": 0.918}
{"id": "1587", "title": "Македонски народни песни/ Во влашкото маало жолти куќи високи", "text": ": Во влашкото маало: Жолти куќи високи.: Во влашкото маало: Жолти куќи високи.: Ој Јанино, баш Јанино,: Жолти куќи високи.: На порте ми седеше: Момето на Илчови.: На порте ми седеше: И на ѓерѓеф везеше.: Ој Јанино, баш Јанино,: Жолти куќи високи.: Оздола иде млад Стојан: И на моме говори: Дај ми го моме ѓерѓефот: Ќе ти дадам два гроша.: Ој Јанино, баш Јанино,: Жолти куќи високи.: Не и’ го зеде ѓерѓефот: Тук ја фати за рака. : Ој Јанино, баш Јанино,: Жолти куќи високи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%92%D0%BE_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B0%D0%B0%D0%BB%D0%BE_%D0%B6%D0%BE%D0%BB%D1%82%D0%B8_%D0%BA%D1%83%D1%9C%D0%B8_%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8", "word_count": 88, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1602", "title": "Дејгиди луди млади години", "text": ": Дејгиди луди млади години,\n: Летнавте како сиви галаби.\n: Паднавте во момини дворови,\n: Скокнавте на момини скутови.\n: Барем се ерген мамо нашетав,\n: Низ таа влашка земја богата.\n: Влаинки моми мамо, заљубив,\n: И кара влашки моми мамо, невести.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D1%98%D0%B3%D0%B8%D0%B4%D0%B8_%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%B8_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8", "word_count": 41, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1600", "title": "Девојченце, девојченце", "text": ": Девојченце, девојченце,\n: Љубиш ли ме мене ?\n: Девојченце, љубиш ли ме мене?\n: Јас те љубам, јас те љубам,\n: На сон те сонувам,\n: Јас те љубам, на сон те сонувам.\n: Штом сонуваш, штом сонуваш,\n: На кого кажуваш?\n: Штом сонуваш на кого кажуваш?\n: Јас кажувам, јас кажувам,\n: На мојата мајка,\n: Јас кажувам на мојата мајка.\n: Штом кажуваш, штом кажуваш,\n: Што ти мајка вели?\n: Штом кажуваш што ти мајка вели?\n: Мајка вели, мајка вели,\n: Заљуби го ќерко,\n: Мајка вели, заљуби го ќерко.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B5%2C_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B5", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1606", "title": "Дојди, дојди калеш море Димчо", "text": "Дојди, дојди калеш море Димчо е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Дојди, дојди калеш море Димчо\n:Дојди, дојди калеш море Димчо\n:вечер на вечера. [2х]\n:Трај на, на, на, на, на, на [2х]\n:вечер на вечера.\n:Вечер на вечера калеш Димчо\n:мајка не е дома. [2х]\n:трај на, на, на, на, на, на [2х]\n:мајка не е дома.\n:Мајка не е дома калеш Димчо\n:на гости ми појде. [2х]\n:Трај на, на, на, на, на, на [2х]\n:на гости ми појде.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B8%2C_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D1%87%D0%BE", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1594", "title": "Да ти пукне мила мајко најмилото", "text": ": Да ти пукне мила мајко најмилото,\n: Што ме даде, мила мајко, пусти Варош.\n: Оф, леле, леле, леле, пусти Варош,\n: Оф, аман, оф аманам, пусти Варош.\n: Пусти Варош, мила мамо, кај Митриќевци,\n: Митриќевци, мила мамо, многу луѓе,\n: Оф, леле, леле, леле, многу луѓе,\n: Оф аман, оф аманам, многу луѓе.\n: Сум месила, мила мамо, девет зелници,\n: Ред не дојде, мила мамо, јас да каснам,\n: Оф леле, леле, леле, јас да каснам,\n: Оф аман, оф аманам, јас да каснам.\n: Ми велеа, мила мамо, сум каснала,\n: Сум каснала, мила мамо, кај мајка ми,\n: Оф леле, леле, леле, кај мајка ми,\n: Оф аман, оф аманам, кај мајка ми.\n1 Друга песна (или верзија) со истото име\n:Да ти пукне мамо најмилото,\n:Најмилото мамо, најдрагото,\n:Шо ми је даде мамо на далеко,\n:На далеко мамо преку Вардар.\n:Преку Вардар мамо, мечкино село,\n:Мечкино село мамо,\n:Мечкине људе,\n:Малечко дете.\n:На црква јодам мамо,\n:И он по мене иде,\n:И он помене иде,\n:И додо ме вика.\n:Не ти сам дода лудо,\n:Туку сам жена,\n:Туку сам ти жена лудо\n:Желки да ти јадат.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни\n3 Надворешна врска\nОваа песна е собрана од селото Куфалово, од околината на Солун.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0_%D1%82%D0%B8_%D0%BF%D1%83%D0%BA%D0%BD%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE", "word_count": 196, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1605", "title": "До кога браќа мили Македонци", "text": "До кога браќа мили Македонци е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:До кога браќа мили Македонци\n:До кога браќа мили Македонци\n:до кога Грци ќе толчат\n:со лажното верно духовенство\n:милата наша родина.\n:Зошто то Вие причина станавте\n:преди петстотини години\n:народната ни патријаршија\n:со лаги ни ја презедовте.\n:Каде се нашите писатели\n:каде се нашите списанија\n:се' е, се' е прав и пепел сторено\n:од грчката егзархија.\n:Станете сите браќа Македонци\n:од сите македонски градови\n:и да викнеме сите со глас голем\n:бегајте Грци не Ве сакаме.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE_%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1607", "title": "Дојди, дојди малој моме", "text": "Дојди, дојди малој моме е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Дојди, дојди малој моме\n:Дојди, дојди малој моме\n:долу во градина\n:цвеќе да набереш моме\n:букет да наредиш.\n:Букет да наредиш моме\n:мене да испратиш\n:мене да испратиш моме\n:оти војник ќ'одам.\n:Там ќе седам малој моме\n:до тринајс’ години\n:на петнајсе мило либе\n:јазе ќе се вратам.\n:Јазе ќе се вратам либе\n:тебе да те земам.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B8%2C_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1598", "title": "Две невесте тикве брале", "text": ":Две невесте тикве брале\n: Две невесте тикве брале: Куде брале, туј заспале бре.: Свекрва ги разбудила бре,: Ој невесте мрзеливке, бре: Ај станујте бре.:: Невесте се разбудиле, бре: Па почнале да се карав бре: Па збориле бре.:: Прва вика: Ој свекрво бре,: Ој свекрво, котрљало бре,: Друга вика: Ој свекрво бре,: Ој ти свекрве, диви вепре бре.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B2%D0%B5_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B5_%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1603", "title": "Дека се чуло и видело", "text": ":Дека се чуло и видело,\n:Мома за ерген да плаче. (х2)\n:Мома за ерген да плаче,\n:Куту Марика за Кољо. (х2)\n:Љуто ој плакала калнала,\n:Млади војници да збират. (х2)\n:Млади војници да збират,\n:И тебе Кољо те збират. (х2)\n:И тебе Кољо да збират,\n:На граница да те носат. (х2)\n:На граница да те носат,\n:Ти сирмаx Кољо да градиш. (х2)\n:Пушка да пукне бре Кољо,\n:У тебе Кољо да јудре. (х2)\n:У тебе Кољо да удре,\n:На лева страна да јудре. (х2)\n:На лева страна да јудре,\n:У десно рамо да испадне. (х2)\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Белешка\nОваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%BB%D0%BE_%D0%B8_%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 113, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1608", "title": "Дотекла вода студена", "text": ": Дотекла вода студена, леле оф аман,: Родила се Јана убава, оф аман,: Родила се Јана убава.: Кога се Јана родила, леле оф аман,: Мајка и магија сторила, леле оф аман,: Живо пиле в оган фрлила.: Како што се врти пилето, леле оф аман,: Така да се вртат ергени, леле оф аман,: По нашата Јана убава.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1611", "title": "Една мома љубам јас", "text": "Една мома љубам јас е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Една мома љубам јас\n:Една мома љубам јас [2x]\n:и да љубам и да грлам\n:фајде нема ле, душо моја\n:Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]\n:Бело лице љубам јас [2x]\n:и да љубам и да грлам\n:фајде нема ле, душо моја\n:Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]\n:Гајтан веѓи љубам јас [2x]\n:и да љубам и да грлам\n:фајде нема ле, душо моја\n:Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]\n:Руса коса мрсам јас [2x]\n:и да мрсам и да гледам\n:фајде нема ле душо моја\n:Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%BC_%D1%98%D0%B0%D1%81", "word_count": 100, "cyrillic": 0.919}
{"id": "1610", "title": "Една вечер", "text": "Една вечер е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Една вечер\n:Една вечер сон сонував\n:че една пријателка\n:ко светлина ми се јави\n:над моето ми та легло.\n:Ко је видов се исплашив\n:умрената беше жива\n:таа ме праша кај е љубовта\n:која што беше неразделива.\n:Еј другару, збори, не плаши се\n:јас сум без коски и душа\n:оваа вечер дојдов кај тебе\n:додва збора да ти кажам јас.\n:Над гробот мој, ил на крстот\n:ил на мојот споменик\n:ко ке врвиш да внимаваш\n:очеквај нешто да најдеш ти.\n:Ке го најдеш оној прстен\n:кој што ми го даде ти\n:ке го земеш и закопаш\n:далеку негде в пусти крај.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1601", "title": "Македонски народни песни/ Буките развиват", "text": ":Буките развиват, браќа,\n:Буките развиват,\n:Буките развиват, браќа,\n:Сатот наближуве,\n:Сатот наближуве, браќа,\n:За нашта слобода.\n:Нашини ти мајки, браќа,\n:Нашини ти мајки,\n:Нашини ти сестри, браќа,\n:Црни крпи носат,\n:Црни крпи носат, браќа,\n:И за нас жаљуват.\n:Нашини татковци, браќа,\n:Нашини татковци,\n:Нашини татковци, браќа,\n:Небричени одат,\n:Небричени одат, браќа,\n:И за нас жаљуват.\n:Нашини ти сестри, браќа,\n:Нашини ти сестри,\n:Нашини ти сестри, браќа,\n:Нечешљани одат,\n:Нечешљани одат, браќа,\n:И за нас жаљуват.\n:Нашини ти браќа, браќа,\n:Нашини ти браќа,\n:Нашини ти браќа, браќа,\n:Нестрижени одат,\n:Нестрижени одат, браќа,\n:И за нас жаљуват.\n:Нашини ти жени, браќа,\n:Нашини ти жени,\n:Нашини ти жени, браќа,\n:Млади о вдовици,\n:Млади о вдовици, браќа,\n:И за нас жаљуват.\n:Нашини ти деца, браќа,\n:Нашини ти деца,\n:Нашини ти деца, браќа,\n:Дробни сирачиња,\n:Дробни сирачиња, браќа,\n:И за нас жаљуват.\nОваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%91%D1%83%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%82", "word_count": 153, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1604", "title": "Димчета аскер го писале", "text": "Димчета аскер го писале е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Димчета аскер го писале\n:Димчета аскер го писале\n:од баш Безирѓан детето\n:аман, аман\n:од баш Безирѓан детето.\n:До три години свршено\n:до три вечери женено\n:аман, аман\n:до три вечери љубени\n:Кога разбрала невестата\n:пљусна си две бели раце\n:аман, аман\n:пљусна си две бели раце.\n:Право ми тргна на сарај\n:на сарај кај Шаин Бега\n:аман, аман\n:на сарај кај Шаин Бега.\n:Ефенди џанам ефенди\n:колку флорини ќе сакаш\n:аман, аман\n:од грло ќе ти извадам.\n:Од грло ќе ти извадам\n:Димчета да го отпушчиш\n:аман, аман\n:Димчета да го отпушчиш.\n:Невесто млада невесто\n:царот флорини не сакат\n:аман, аман\n:туку ми сакат момчиња.\n:Момчиња како Димчета\n:што знает пушка да носат\n:аман, аман\n:што знает сабја да вртет.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B5%D1%80_%D0%B3%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B5", "word_count": 133, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1617", "title": "Елено моме, Елено", "text": "Елено моме, Елено е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Елено моме, Елено\n:Елено моме, Елено\n:Елено моме, Елено\n:не гази сено зелено\n:ај не гази сено зелено.\n:Не гази сено зелено\n:не гази сено зелено\n:млади момчина косеа\n:тебе те Ленче просеа.\n:Тебе те Ленче просеа\n:тебе те Ленче просеа\n:за едно момче убаво\n:убаво, ем и богато.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1609", "title": "Драганка ѓергеф везеше", "text": ":Драганка ѓергеф везеше\n:у таја бавча шарена\n:на таја трева зелена\n:до таја вода студена\n:ем везе Драга ем пее\n:славеј високо леташе\n:и си Драганка слушаше\n:и си Драганка слушаше\n:Пркна ми славеј долета\n:до Драганка си кондиса\n:на Драганка и’ продума\n:на Драганка и’ продума\n:Драганке моме убаво\n:ај да си облог ставиме\n:кој кого ќе го натпее\n:кој кого ќе го натпее\n:Ако ме мене натпееш\n:крилцата да ми одрежеш\n:крилцата до раменцата\n:крилцата до раменцата\n:Ако те тебе натпеам\n:косите да ти пресечам\n:косите од руса глава\n:косите од руса глава\n:Драганка славеј натпеа\n:славеј се милно молеше\n:Драганке моме убаво\n:немој ми крилца одрежуј\n:Немој ми крилца одрежуј\n:јас ќе ти пеам препевам\n:на бел на црвен трендафил\n:на бел на црвен трендафил\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D1%93%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B5%D1%84_%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 133, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1613", "title": "Едно време си бев ерген", "text": ": Едно време си бев ерген\n: ем работа си немав. 2х\n: Трај лалај лалалалалалај\n: ем работа си немав. 2х\n: Па си тргнав на прошетка\n: на прошетка во Битола. 2х\n: Трај лалај лалалалалалај\n: на прошетка во Битола. 2х\n: На прошетка во Битола\n: низ еврејските маали 2х\n: трај лалај лалалалалалај\n: низ еврејските маали. 2х\n: Там сретнав мома Еврејка\n: со коси растурени. 2х\n: Трај лалај лалалалалалај\n: со коси растурени. 2х\n: И је реков по славјански\n: да се сторит славјанка. 2х\n: Трај лалај лалалалалалај\n: да се сторит славјанка. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5_%D1%81%D0%B8_%D0%B1%D0%B5%D0%B2_%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1619", "title": "Елено ќерко", "text": ": Елено ќерко, Елено,\n: Ти една на мајка,\n: Што стоиш ќерко, што мислиш,\n: Што книга пишуваш.\n: Пишувам мајко, пишувам,\n: Во грдот Едрене,\n: Едрене мајко, Едрене,\n: На моето либе.\n: Да купи мајко, да купи,\n: За мене капела,\n: Капела, мајко, капела,\n: Од триста гроша.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D1%9C%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%BE", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1612", "title": "Една мома с'мајка е", "text": "Една мома с'мајка е е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Една мома с'мајка е\n:Една мома с'мајка е [3х]\n:грабнала је чорапи, чорапи без пари\n:Една мома с'мајка е\n:грабнала је чорапи, чорапи без пари.\n:Ашколсун на таа мома [3х]\n:што ми носи чорапи, чорапи без пари\n:Ашколсун на таа мома\n:што ми носи чорапи, чорапи без пари.\n:Една мома с'мајка е [3х]\n:грабнала је сандали, сандали без пари.\n:Една мома с'мајка е\n:грабнала је сандали, сандали без пари.\n:Ашколсун на таа мома [3х]\n:што ми носи сандали, сандали без пари.\n:Ашколсун на таа мома\n:што ми носи сандали, сандали без пари.\n:Една мома с'мајка е [3х]\n:грабнала је капела, капела без пари.\n:Една мома с'мајка е\n:грабнала је капела, капела без пари.\n:Ашколсун на таа мома\n:што ми носи капела, капела без пари.\n:Ашколсун на таа мома\n:што ми носи капела, капела без пари.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D1%81%27%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%B5", "word_count": 155, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1616", "title": "Еј ти моме, мало моме", "text": ": Еј ти моме, мало моме,\n: Блазе тебе на душата.\n: Блазе тебе на душата,\n: Што си спиеш при мајка ти,\n: При мајка ти, при татко ти.\n: Ами јаска, сам сиромав,\n: Сам легнувам, сам станувам.\n: Сам легнувам, сам станувам,\n: На полноќ се разбудувам.\n: На полноќ се разбудувам,\n: Мало моме побарувам.\n: Мало моме побарувам,\n: Побарувам, на најдувам.\n: Побарувам, не најдувам,\n: Ал' перница заграбувам.\n: Ал' перница заграбувам,\n: Дробни солзи проронувам.\n: Дробни солзи проронувам,\n: Ал' шамиче натопувам.\n: Ал' шамиче натопувам,\n: На гради го исушувам\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98_%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1620", "title": "Ерген одев мамо", "text": ": Ерген одев мамо, ерген одев,\n: Ерген одев мамо, поарно ми беше.\n: Се оженив мамо, се оженив,\n: Се оженив мамо, злото ме нападна.\n: Падна ми се мамо, падна ми се,\n: Падна ми се мамо, либе болничаво.\n: Са ноќ ми е мамо, са ноќ ми е,\n: Са ноќ ми е мамо, на рака лежало.\n: Дури ми се мамо, дури ми се,\n: Дури ми се мамо, рака исушила.\n: Па не можев мамо, па не можев,\n: Па не можев мамо, на коњ да се качам.\n: Ме качија мамо, ме качија,\n: Ме качија мамо, моите другари.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD_%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%B2_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1618", "title": "Елено ќерко, Елено", "text": "Елено ќерко, Елено е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Елено ќерко, Елено\n:Елено ќерко, Елено\n:ти една на мајка\n:што стоиш ќерко, што мислиш\n:што книга пишуваш. [2х]\n:На кого ќерко, на кого\n:книга ќе испраќаш\n:испраќам мајко, испраќам\n:до градот Едрене. [2х]\n:Едрене мајко, Едрене\n:на батко Илија\n:да купи мајко, да купи\n:за мене капела. [2х]\n:Капела мајко, капела\n:од триста гроша\n:да носам мајко, да носам\n:на ден за Илинден. [2х]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D1%9C%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%BE%2C_%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1615", "title": "Еј море девојче", "text": "Еј море девојче е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Еј море девојче\n:Еј море девојче лично, убаво\n:очите твои секој миг\n:со љубов ме гледаат\n:да се само мој,\n:да им се радувам\n:да ги љубам јас од срце\n:не ме оставај.\n:Рефрен\n:Еј девојче мое\n:ах ергенче мило.\n:За тебе моме лудувам, моме лудувам\n:за тебе момче живеам, ти си живот мој.\n:Еј море девојче мило, убаво\n:твојата уста медена\n:со љубов ме бакнува\n:топли бакнежи\n:од срце ми даруваш\n:да ја љубам јас бре моме\n:не ме оставај.\n:Рефрен\n:Еј море ергенче мило, убаво\n:моево срце мило момче\n:ти го подарувам јас\n:да си само мој\n:да ти се радувам\n:да те љубам младо момче\n:ти си живот мој.\n:Рефрен", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1621", "title": "Жени ме мамо, жени ме", "text": ": Жени ме мамо, жени ме,\n: Жени ме слатка ле мамо,\n: Дур' сум млад ерген.\n: Дури ме мамо, дури ме,\n: Дури ме слатка ле мамо,\n: Моми сакаат.\n: Дури ми, дури ми,\n: Дури ми слатка ле мамо,\n: Китка прилега.\n: Да земам мамо, да земам,\n: Да земам слатка ле мамо,\n: Мома убава.\n: За тебе мамо, за тебе.\n: За тебе и за мојот татко,\n: Радост голема.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE%2C_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B5", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1622", "title": "За кого ти цути Дано, лицето", "text": ": За кого ти цути Дано, лицето,\n: По кого ти шарат Дано, очите,\n: За кого ја чуваш Дано, снагата,\n: Таа рамна снага Дано, мермерна.\n: Галено, галено Дано, кој ќе ја\n: Твојта руса коса Дано, милува,\n: Срмено елече Дано, раскопчува,\n: Твојто медно усте Дано, целува.\n: Не лудувај лудо младо, по мене,\n: Не губи си лудо младо години,\n: Синоќа ме стара мајка армаса,\n: З'едно старо аро лудо, грбаво.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%BE_%D1%82%D0%B8_%D1%86%D1%83%D1%82%D0%B8_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1623", "title": "Зајди, зајди, јасно сонце", "text": ": Зајди, зајди, јасно сонце,: Зајди, помрачи се,: И ти, јасна ле месечино,: Бегај, удави се.: Црнеј, горо, црнеј, сестро,: Двајца (двата) да црнееме,: Ти за твоите лисја ле, горо,: Јас за мојта младост.: Твоите лисја, горо сестро,: Пак ќе ти се вратат,: (А) мојта младост, горо ле, (сестро),: Нема да се врати.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B8%2C_%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B8%2C_%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%BE_%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1628", "title": "Збогом мајко јас отидов", "text": ":Збогом мајко јас отидов,\n:Денот јас да загинам,\n:Разделба ми срце мачи\n:И пак ме тера да пејам.\n:Збогом татково огниште\n:Збогом браќа и сестри,\n:Збогом другари ем другарки\n:Стари и млади дечиња.\n:За последно збогум ви кажам\n:Последен пат ви пејам јас\n:Било каде јас да одам\n:Вас вечно ќе ве спомињам.\n:А за тебе мила мајко\n:Јас ќе жалам ем тажам\n:В туѓа земја непозната\n:Живот ле мајко ќе поминам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D1%98%D0%B0%D1%81_%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1624", "title": "Зајко кокорајко", "text": ":Сторил ниет зајко, зајко кокорајко\n:Зајко сербезлија, зајко да се жени\n:Си натресол гаќи, упрчил мустаќи\n:Нагрнал џамадан, море, токмо младожења.\n:Ми поканил зајко китени сватови:\n:Мечка месарија, вучица кумица,\n:Ежо тупанџија, жаба зурлакија,\n:Мурџо аберџија, зајко кокорајко\n:Си натресол гаќи, упрчил мустаќи\n:Нагрнал џамадан, море, токмо младожења.\n:Па ми појде зајко низ солунско поле\n:Да ја зима зајко младата невеста\n:Лина удовица квачка со пилиња\n:Селска визитарка, со китка накитена\n:Море личи на невеста.\n:Кога виде зајко, до два три ловџии\n:Ем они си носат пушки сачмајлии\n:'Ртки ем загари, па ми летна зајко\n:Назад на трагови, си искинал гаќи\n:Размрсил мустаќи, расфрлал џамадан\n:Се провикна зајко, не сум младожења.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 116, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1630", "title": "Зурли трештат на сред село", "text": ": Зурли трештат на сред село,\n: Тапан бие рум-дум-дум,\n: Млади моми и ергени,\n: До две ора вијат.\n: Оздол' иде стар бел дедо,\n: Засукал мустаќи,\n: Право трга на орото\n: И тој да се фати.\n: Го здогледа баба Неда,\n: За рака го фати,\n: Каде одиш страо-аро,\n: Оро да им грдиш.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D1%83%D1%80%D0%BB%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1629", "title": "Земјо Македонска", "text": ": Земјо Македонска, уважавам те, 2х\n: земјо Македонска,\n: земјо турско-ропска Македонијо\n: уважавам те.\n: Уважавам твојте Македонијо\n: гори високи, 2х\n: горите висојте\n: и по теб’ херојте Македонијо\n: што ги раѓаш ти.\n: По теб’ се белеат Македонијо,\n: безбројни стада, 2х\n: стадата белеат\n: а гроздови зрејат Македонијо,\n: по твој ридови.\n: Ништо не те плаши Македонијо,\n: на овој бели свет,\n: кој душман ќе влезе\n: жив нема да излезе Македонијо,\n: ти го ставаш в гроб. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1636", "title": "Илчовице, млада невесто", "text": ":Илчовице, млада невесто,\n:Да ли си чула, разбрала,\n:Оти е дошол агуто;\n:Агуто, Муста бегуто.\n:Илчовице, млада невесто,\n:Имате село големо,\n:Имате моми убави.\n:На снага танки убави\n:На лице бели црвени.\n:Илчовице, млада невесто,\n:Ареса ми се бендиса,\n:Младото невесте Илчово.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BB%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1634", "title": "Излегов да се прошетам", "text": "Излегов да се прошетам е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Излегов да се прошетам (леле) [2х]\n:низ Битолските сокаци, леле\n:низ тие тесни чикмаци.\n:Там најдов моме убаво (леле) [2х]\n:Руса си коса чешлаше, леле\n:љуто си мајка колнеше.\n:Пукнала мајко, треснала (леле) [2х]\n:зошто ме роди убава (леле) [2х]\n:Не можам мајко д'отидам (леле) [2х]\n:низ таа пуста чаршија леле\n:од тие пусти беќари. [2х]\n:На мермер камен седеја (леле)\n:лута ракија пиеја\n:ништо си мезе немаа леле\n:мене ме мезе сакаја. [2х]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2_%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BC", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1635", "title": "Излегол Јане прошетал", "text": "Излегол Јане прошетал е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Излегол Јане прошетал, леле\n:низ таа Пирин Планина\n:низ таа Пирин Планина, леле\n:низ тоа поле широко.\n:Нарамил пушка на рамо\n:настранил капа на чело\n:на пат ми сретна овчарче, леле\n:на овчарче вели, говори.\n:Овчарче младо чобанче, леле\n:дали ја виде четата\n:дали ја виде четата, леле\n:четата на Јане Сандански.\n:Видело сум ја слушнало, леле\n:сега за Јане збореа\n:каде е Јане Сандански, леле\n:четата да си прибере.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BB", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1633", "title": "Извикна Јана провикна", "text": "Извикна Јана провикна е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ај извикна Јана, провикна\n:извикна Јана провикна\n:од високите чардаци\n:од сребрените пармаци.\n:Ај озгора идат војводи\n:озгора идат војводи\n:со нив ми носат...\n:Ај на рамо маликерите\n:на рамо маликерите\n:на појас леворверите. [2х]\n:Ај на појас леворверите\n:на појас леворверите\n:на гради патрондашите.\n:Ај извикна Јана провикна\n:извикна Јана провикна\n:удрете браќа, удрете\n:удрете не се бојете.\n:Ај удрете, не се бојете\n:удрете не се бојете\n:овде не ми е.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1632", "title": "И таму е мојата родина", "text": "И таму е мојата родина е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n(Песна за Христо Узунов)\n:И таму е мојата родина\n:далеку Македонија\n:јас сакам таму да загинам\n:а ти ме заборави за век.\n:И таму е мојта мајка\n:и таму има божји свет\n:јас сакам таму да загинам\n:а ти ме заборави за век.\n:Не плачи мила мајко\n:не рони солзи крвави\n:ако Христо Узунов падна\n:на врагот жив не се даде.\n:Сестрите нема да ми идат\n:на мојот гроб осамотен\n:и мајка нема да ми идат\n:да леит солзи за мене.\n:Не жали мила моја родино\n:и сите Ви другари мој\n:ако Христо Узунов падна\n:на врагот жив не се даде.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98_%D1%82%D0%B0%D0%BC%D1%83_%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 114, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1631", "title": "И ние сме деца на Македонија", "text": ": И ние сме деца на мајката земја\n: на мајката земја, на Македонија.\n: на нашата земја, на Македонија.\n: И ние имаме право да живејме.\n: како и другите живот што живеат.\n: А ние страдавме, гладни умиравме.\n: Слобода немавме правдини никакви\n: кога ги баравме, в затвор се најдовме\n: во фурни не стават за да не изгорат.\n: Прстите ни кршат и крвта ни пијат\n: а ние смели сме, и горди умиравме.\n: Горди умиравме, не се предававме.\n: Живот не жалевме, младост си дававме\n: за наши правдини смели умиравме. х2\n: Парола имавме: Смрт или Слобода\n: Смрт или Слобода за Македонија,\n: за Македонија, земја поробена.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98_%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D1%81%D0%BC%D0%B5_%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1627", "title": "Заспала Јанка, Јанинка", "text": "Заспала Јанка, Јанинка е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Заспала Јанка, Јанинка\n:Заспала Јанка, Јанинка леле\n:заспала Јанка, Јанинка\n:на мајкино си колено [x2]\n:заспала Јанка, Јанинка\n:на мајкино си колено.\n:А мајка и ја будеше леле\n:а мајка и ја будеше,\n:стани ми ќерко стани ми\n:денес се ќерко не спие,\n:а мајка и ја будеше\n:денес се ќерко не спие.\n:Пукнала мајко треснала леле\n:пукнала мајко треснала,\n:ах што бев слатко заспала\n:и сладок сон сонувала. [x2]\n:На сон дојдоја три луди леле\n:на сон дојдоа три луди,\n:три луди млади момчина [x2]\n:на сон дојдоа три луди\n:три луди млади момчина.\n:Први ми даде злат прстен леле\n:први ми даде злат прстен\n:втори ми даде јаболко,\n:трети ме мене целуна. [x2]\n:Тој што ми даде злат прстен леле\n:низ него да се провирам,\n:тој што ми даде јаболко\n:зелен да биде до гроба. [x2]\n:Тој што ме мене целина леле [x2]\n:дај ми го Боже на јаве\n:со него век да векувам. [x2]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0%2C_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 168, "cyrillic": 0.958}
{"id": "1644", "title": "Јовано, Јованке", "text": "Јовано, Јованке е македонска народна песна. Во песната се зборува за забранета љубов помеѓу двајца млади. Оваа песна била преработена од страна на македонската етно група Леб и сол, на нивниот осми студиски албум насловен „Звучни зид“, а се појавува и на нивниот втор албум во живо насловен „Live in New York“.\n1 Текст\n:Јовано, Јованке\n:Крај Вардарот седиш, мори\n:Бело платно белиш,\n:Бело платно белиш, душо\n:Сè нагоре гледаш.\n:Јовано, Јованке,\n:Јас тебе те чекам, мори\n:Дома да ми дојдеш,\n:А ти не доаѓаш, душо\n:Срце мое, Јовано.\n:Јовано, Јованке,\n:Твојата мајка, мори\n:Тебе не те пушта,\n:Кај мене да дојдеш, душо\n:Срце мое, Јовано.\nbg:Йовано, Йованке\nsr:Јовано, Јованке\ntr:Jovano Jovanke", "subject": ["Македонски народни песни", "Песни преработени од Леб и сол"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 115, "cyrillic": 0.921}
{"id": "1649", "title": "Кажи ми, кажи Катинке", "text": ":Кажи ми, кажи Катинке,\n:Која ли вечер да дојдам?\n:Хеј хај, болен сум јас,\n:Без болест, болен си лежам.\n:Која ли вечер да дојдам,\n:Пред врата да ти постојам?\n:Хеј хај, болен сум јас,\n:Без болест, болен си лежам.\n:Пред врата да ти постојам,\n:До две-три думи да кажам,\n:До две-три думи да кажам,\n:Лицето да ти го видам.\n:Хеј хај, болен сум јас,\n:Беа болест, болен си лежам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%2C_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1652", "title": "Како што е таа чаша полна со вино", "text": ": Како што е таа чаша полна со вино,\n: Така е и мојто срце полно с'јадови.\n: Дал'да пијам мила мајко, да се опијам,\n: Јадовите мила мајко, да заборавам?\n: Ја послушај мили синко, стара си мајка\n: И да пиеш, мили синко, фајде си нема.\n: Ја земи си, мили синко, пушка берданка,\n: И там појди, мили синко, в гора зелена,\n: Там ќе најдеш, мили синко, верна дружина,\n: Јадовите, мили синко, ќе заборавиш.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BA%D0%BE_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%B5_%D1%82%D0%B0%D0%B0_%D1%87%D0%B0%D1%88%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%BE_%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1650", "title": "Кажи Рајне, кажи душо", "text": ":Кажи Рајне, кажи душо,\n:Кој ти нишан стори,\n:Кој ти нишан стори Рајне,\n:На белото лице.\n:Штом ме прашаш стара мајко,\n:Право ќе ти кажам,\n:Право ќе ти кажам мајко,\n:Тебе не те лажам.\n:Сношти беа стара мајко,\n:Момци Македонци,\n:Си бели коњи, мајко,\n:И со жолти узди.\n:Главатар им беше, мајко,\n:Мојто прво либе,\n:Тој ми нишан стори, мајко,\n:На белото лице.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B5%2C_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%BE", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1646", "title": "Каде се чуло мамо видело", "text": "Каде се чуло мамо видело е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Каде се чуло мамо видело\n:мома в зандани мамо да лежит\n:за таткови си мамо борџови.\n:Девет години мома лежала\n:никој ми мома мамо не барал\n:никој ми мома мамо не видел.\n:На мајка книга моме пратила\n:мајч ле мила моја мајчице\n:ај продај си мила мамо чифликот.\n:Ај продај си мила мамо чифликот\n:на бегот пари мајко однеси\n:од зандани да ме мајко извадиш.\n:Керче ле мила моја, керче ле\n:бегот си пари ќерко не сакат\n:туку ти сака ќерко лицето\n:белото лице ќерко, убаво\n:и твојта рамна снага висока.\n:Мајче ле мила моја мајчице\n:девет години мајко си лежев\n:и уште деветдесет да лежам\n:на турчин лице мајко не давам.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%BB%D0%BE_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 125, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1651", "title": "Кажи, кажи либе Стано", "text": ":Кажи, кажи, либе Стано,\n:Што си замислена.\n:Дали руба немаш Стано,\n:Или пари немаш.\n:Се си имам, либе Димчо,\n:Само едно немам.\n:Јас си немам, либе Димчо,\n:Од срце порода.\n:Јас ќе одам, либе Димчо,\n:Во Солуна града.\n:Ќе ти купам, либе Стано,\n:Дете позлатено.\n:Ај, што ќе ми е, либе Димчо,\n:Дете позлатено.\n:Кога нема, да ми каже,\n:Од срцето мајчице.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B6%D0%B8%2C_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1647", "title": "Каде си тргнала Кито", "text": ": Каде си тргнала Кито,\n: Боса на жетва.\n: Кито ле, први мераку,\n: Кито ле, прва изгоро.\n: Дејгиди деј, први мераку,\n: Дејгиди деј, прва изгоро.\n: Боса на жетва Кито,\n: Дете на раце.\n: Кито ле, први мераку,\n: Кито ле, прва изгоро.\n: Дејгиди деј, први мераку,\n: Дејгиди деј, прва изгоро.\n: Со срп на рамо Кито,\n: Дете на раце.\n: Кито ле, први мераку,\n: Кито ле, прва изгоро.\n: Дејгиди деј, први мераку,\n: Дејгиди деј, прва изгоро.\n: Остави си српот Кито,\n: Дојди при мене.\n: Кито ле, први мераку,\n: Кито ле, прва изгоро.\n: Дејгиди деј, први мераку,\n: Дејгиди деј, прва изгоро.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%9A%D0%B8%D1%82%D0%BE", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1658", "title": "Кате, Кате лично моме", "text": ":Кате, Кате лично моме,\n:Ај, стори се едно пиле.\n:Па прелетај ја болката,\n:Да разбериш времињата.\n:Да разбериш времињата,\n:Колку време се љубевме.\n:Колку време се љубевме,\n:И на крајот не се зедовме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%2C_%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 38, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1645", "title": "Каде се чуло видело", "text": "Каде се чуло видело е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Каде се чуло видело\n:владика турчин да стани\n:владика турчин да стани, јамди аман\n:за едно лице набелено.\n:За едно лице набелено\n:и едни нокти к'носани\n:за едно лице набелено, јамди аман\n:и едни нокти к'носани.\n:Сите ми одат чаршија\n:владика оди на бербер\n:владика оди на бербер, јамди аман\n:брадата да му избричат.\n:Кога му брада бричеа\n:деведесет очи гледаа\n:деведесет очи гледаа, јамди аман\n:сто и педесет кандила светеа.\n:Сите ми одат на црква\n:владика оди в џамија\n:владика оди в џамија, јамди аман\n:да си ја мени верата.\n:Кога му вера менуваа\n:сто и педесет оџи пееа\n:сто и педесет оџи пееа, јамди аман\n:деведесет кандила гореа.\n:Убаво име му дадоа\n:Асан делија потурчен\n:Асан делија потурчен, јамди аман\n:што си ја мени верата.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%BB%D0%BE_%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1654", "title": "Каљо, Калино девојче", "text": "Каљо, Калино девојче е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Каљо, Калино девојче\n:виши, виши црни очи\n:виши, виши црни очи\n:на високо, на широко. [x2]\n:Кај што Турци кафе пијат\n:Арнаути баш ракија\n:Арнаути баш ракија\n:а ергени рујно вино. [x2]\n:Само едно лудо младо\n:ниту јаде, ниту пие\n:само Каља погледнува\n:со око ѝ намигнува. [x2]\n:- Ајде Каљо да бегаме\n:в наше село, арно село\n:од три страни сонце грее\n:од четврта месечина\n:два пати се жетва жнее\n:три пати се лозје бере.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%99%D0%BE%2C_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 86, "cyrillic": 0.965}
{"id": "1648", "title": "Кажи Јано, кажи душо", "text": ":Кажи Јано, кажи душо,\n:Која вечер јас да дојдам?\n:Кажи Јано, кажи душо,\n:Која вечер, џанам, јас да дојдам?\n:Кога сакаш, тогаш дојди,\n:Со мнозина не доваѓај!\n:Кога сакаш, тогаш дојди,\n:Со мнозина не доваѓај!\n:Да го земиш тој Ѓорѓија,\n:Тој Ѓорѓија-офардата.\n:Да го земиш тој Ѓорѓија,\n:Тој Ѓорѓија, џанам-офардата.\n:Тој ме знае, кај што седам,\n:В одајчето варосано.\n:Тој ме знае, кај што седам,\n:В одајчето варосано.\n:В одајчето варосано,\n:Варосано, кадросано.\n:В одајчето варосано,\n:Варосано, џанам, кадросано.\n:Одајчето ми е мало,\n:Тоа збира само двајца.\n:Одајчето ми е мало,\n:Тоа збира, џанам, само двајца.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%BE", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1653", "title": "Калеш Дончо", "text": "Калеш Дончо е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Ми товарил калеш Дончо\n:три товари ориз\n:па си тргнал калеш Дончо\n:за пуста Битола.\n:Рефрен:\n:Леле, леле, леле, Дончо за жалење\n:оф, оф, оф, оф, оф, оф\n:Дончо штипјанчето.\n:На пат го сретнале Дончо\n:турски караколи\n:му најдоа пусти турци\n:бомби и патрони.\n:Рефрен\n:Го фрлија калеш Дончо\n:во темни зандани\n:го мачија пусти турци\n:во тесни долапи.\n:Рефрен\n:Аферим бре калеш Дончо\n:никој не издаде. [2х]\n:Рефрен", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%BE", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1659", "title": "Кате, лично девојче", "text": ":Кате, лично девојче,\n:Ајде да се земиме. (2 пати)\n:Како ќе се земеме,\n:Кога пари немаме. (2 пати)\n:Ако пари немаме,\n:Голем севдах имаме. (2пати)\n:Пари ќе спечалиме,\n:Куќа ќе направиме. (2пати)\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%2C_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1657", "title": "Каранфил невесто мори", "text": "Каранфил невесто мори е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Каранфил невесто мори\n:вода ми се пие [2х]\n:ако ти се пие лудо\n:појди па се напи. [2х]\n:Каранфил невесто мори\n:со усте напи ме [2х]\n:усте ми е полно лудо\n:со локум шеќери. [2х]\n:Каранфил невесто мори\n:вода ми се пие [2х]\n:ако ти се пие лудо\n:појди па се напи. [2х]\n:Каранфил невесто мори\n:со шепа напи ме [2х]\n:шепа ми е полна лудо\n:со златни прстење. [2х]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%84%D0%B8%D0%BB_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1660", "title": "Кирајџиче, јабанџиче", "text": ":Кирајџиче, јабанџиче,\n:Каде одиш, џанам, каде шеташ?\n:Дал го виде мојто либе?\n:Мојто либе, џанам, тој Ѓорѓија.\n:Јас го видов у мејана,\n:Сладок ручок си ручаше.\n:Сладок ручок си ручаше,\n:Рујно вино си пиеше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%9F%D0%B8%D1%87%D0%B5%2C_%D1%98%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%9F%D0%B8%D1%87%D0%B5", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1655", "title": "Кандисал Ајрудин паша", "text": "Кондисал Ајредин паша е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Кoндисал Ајрадин паша, аман\n:кoндисал карши Галичник\n:наличил силни топови,аман\n:да ми го горит Галичник\n:Галичник село големо, аман\n:в Стамбол на ѓузум пишано.\n:Извадил гузлум дулбија, аман\n:догледал чешма упија\n:на чешмата до две девојки, аман\n:две девојки и една невеста.\n:Девојки платно белеје, аман\n:невеста вода носеше.\n:Излегол Тодор Попоски, аман\n:со кеаните по него\n:јагне сугаре носеје, аман\n:сељам на паша чинеет\n:сељам на паша чинеет аман\n:да не го горит Галичник\n:Жалба му падна на срце, аман\n:дигна си силни топови.\n:дигна си силни топови\n:аман не го запали Галичник\n:Галичник село големо,\n:аман в Стамбол на ѓузум пишано", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BB_%D0%90%D1%98%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BD_%D0%BF%D0%B0%D1%88%D0%B0", "word_count": 115, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1664", "title": "Кога си тргнав в туѓина", "text": ":Кога си тргнав в туѓина,\n:Дафино либе, Дафино.\n:Крај твоите порти поминав-\n:Мој галабе-и солзи проронав.\n:Откажуваш либе, откажуваш,\n:Од прва верна си љубов,\n:Думите да си ги приспомниш-\n:Мој галабе-назад да се вратиш.\n:Вашиот чаир да пламни,\n:И ваш'та куќа да изгори,\n:И твојто ангелско лице-\n:Мој галабе-во мои раце да падне.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%81%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%B2_%D1%82%D1%83%D1%93%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1656", "title": "Кандисуј бре, лудо младо", "text": ":Многу мерак мила мајко\n:Скоро јаз ќе умрам,\n:Два мерака, два севдаха\n:Скоро одат во гроба.\n:Кандисуј бре, лудо младо,\n:Што ти даба мајка ми\n:Мама дава лудо младо\n:Триесет жолти жолтици\n:Тате дава лудо младо\n:Една бавча црници.\n:Што да правам, што да чинам\n:Кога е лоша мајка ти?\n:Не ти даба да заљубиш\n:Од личните ергени.\n:Многу мерак мила мајко,\n:Скоро јазе ќе умрам.\n:Кандисуј бре, лудо младо,\n:Што ти дава татко ми.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%81%D1%83%D1%98_%D0%B1%D1%80%D0%B5%2C_%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1665", "title": "Кога ќе одиш моме за вода", "text": ":Кога ќе одиш моме за вода, (х2)\n:и мене Злато моме да ме рукаш. (х2)\n:Да ти поносам моме стомните, (х2)\n:да не те бољат моме раците. (х2)\n:Кога ќе одиш моме за слама, (х2)\n:и мене Злато моме да ме ругаш. (х2)\n:Да ти поносам моме косето, (х2)\n:да не те боља моме рачето. (х2)\n:Кога ќе одиш моме на нива, (х2)\n:и мене Злато моме да ме рукаш. (х2)\n:Да ти поносам моме дикељо, (х2)\n:да не те боља моме лакчето. (х2)\nОваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%9C%D0%B5_%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1670", "title": "Кучињата лаат, пазарџии идат", "text": "Кучињата лаат, пазарџии идат е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Кучињата лаат, пазарџии идат\n:пуштај ме, калеш Митро да с'јодам. [2х]\n:Тие кучина од вечер лајат\n:приседи калеш Димчо до мене\n:прикрши рамна снага Митрина.\n:Петлите пеат, зора се зори\n:пуштај ме бела Митро да с'јодам. [2х]\n:Тие се петли, петли лажовни\n:приседи калеш Димчо до мене\n:прикрши рамна снага Митрина.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BB%D0%B0%D0%B0%D1%82%2C_%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%D1%9F%D0%B8%D0%B8_%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1666", "title": "Кој што ме чуе да пеам", "text": ":Кој што ме чуе да пеам,\n:Тој мисли тага јас немам.\n:Јазе си пеам, веселам-\n:Тагите да заборавам.\n:Оздола иде либето,\n:Со двајца верни другари.\n:Либето беше трендафил,\n:Другарите беа гранчиња.\n:Јазе на либе му зборувам:\n:Дојди ми либе до вечер.\n:Дојди ми либе до вечер,\n:Јас ќе те чекам под пенџер.\n:Дојди ми либе до вечер,\n:Јас ќе те чекам под пенџер.\n:Не можам либе да дојдам,\n:Јас си заљубив друго либе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%98_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%B5_%D0%B4%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D0%B0%D0%BC", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1667", "title": "Крај Вардарот седеше", "text": ":Крај Вардарот седеше,\n:Алтан капче везеше.\n:Шеќерџиче, јабанџиче,\n:Да пукниш ќе те земам.\n:Алтан капче везеше,\n:Дробни солзи ронеше.\n:Шеќерџиче, јабанџиче,\n:Да пукниш ќе те земам.\n:Дробни солзи ронеше,\n:Тенки прсти кршеше.\n:Шеќерџиче, јабанџиче,\n:Да пукниш ќе те земам.\n:Тенки прсти кршеше,\n:Луто мајка колнеше.\n:Шеќерџиче, јабанџиче,\n:Да пукниш ќе те земам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1662", "title": "Кога војници тргнавме", "text": "Кога војници тргнавме е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Кога војници тргнавме\n:за таа пуста планина\n:оставивме мајки, татковци\n:жени со машки дечиња.\n:Рефрен:\n:Леле војната мамо, војната\n:војната тригодишната\n:мамо војната\n:војната тригодишната.\n:Марике, дилбер Марике\n:тебе ми те жална оставам\n:тебе ми те жална оставам\n:жална од осум месеци.\n:Рефрен\n:Марике либе, Марике\n:ако ти е машка рожбата\n:ако ти е машка рожбата\n:на мојто име да крстиш\n:војната е силна, ужасна\n:може јас млад да загинам.\n:Леле војувам мамо, војувам\n:војувам не ќе се вратам\n:мамо војувам\n:не ќе се вратам.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%BC%D0%B5", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1673", "title": "Ленка пиши бела книга", "text": ":Ленка пиши бела книга,\n:Бела книга, бела книга, црно писмо.\n:Ќе го праќа во Стамбола,\n:Во Стамбола, во Стамбола, кај брата и.\n:Ој, ти Спире, мили брате,\n:Како знаеш, како знаеш, дома да дојдиш.\n:Ти е болна невестата,\n:Невестата, невестата Анѓелина.\n:Јавна Спире брза коња,\n:Брза коња, брза коња-ал дорија.\n:Да ја види невестата,\n:Невестата, невестата Анѓелина.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B8_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1672", "title": "Леле мајко што ме роди", "text": "Леле мајко што ме роди е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Леле мајко што ме роди толку сиромав [2х]\n:сиромав, сиромав, пусти раскапан\n:сиромав, сиромав, леле без к'смет.\n:Куќа имам жена немам леле сиромав [2х]\n:сиромав, сиромав, пусти раскапан\n:сиромав, сиромав, леле без к'смет.\n:Врвци имам чевли немам, леле сиромав [2х]\n:сиромав, сиромав, пусти раскапан\n:сиромав, сиромав, леле без к'смет.\n:Учкур имам гашти немам леле сиромав [2х]\n:сиромав, сиромав, пусти раскапан\n:сиромав, сиромав, леле без к'смет.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%BB%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B5_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1674", "title": "Ленче болно лежи", "text": ":Ленче болно лежи,\n:Време три години,\n:И девет месеци.\n:Над глава и стои\n:Нејна стара мајка,\n:И на Ленче збори:\n:\"Стани Ленче, стани\n:Стројници ти дошле,\n:Стројници Скопјани.\"\n:\"Како дошле мајко,\n:Така да си одат,\n:Јас си имам мајко,\n:Либе струмичанче.\"\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%BE_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1661", "title": "Кито моме, Кито душо", "text": ":Кито моме, Кито душо,\n:Што те мама кара, што те мама кара.\n:Што те мама кара Кито,\n:Се’ по вечерина, се’ по месечина.\n:Рефрен:\n:Кито ле моме убаво\n:Кито ле севда голема. (2 пати)\n:Мене мама кара лудо\n:Се’ запади тебе, се’ за ради тебе.\n:Кога поминуваш, лудо,\n:Коња разигруваш со јаболка фрлаш.\n:Рефрен:\n:Лудо ле, севда голема\n:Лудо ле, првин мераку. (2 пати)\n:Со јаболка фрли, лудо,\n:По ѓердан ме удри, по ѓердан ме удри.\n:Ѓерданче ми тропна, лудо,\n:На мама и’ текна, оти ти доаѓаш.\n:Рефрен:\n:Лудо ле, севда голема\n:Лудо ле, првин мераку. (2 пати)\n:На мама и’ текна, лудо,\n:Ишарет ми даваш, ишарет ми даваш.\n:Рефрен:\n:Лудо ле, севда голема\n:Лудо ле, првин мераку. (2 пати)\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%9A%D0%B8%D1%82%D0%BE_%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%BE", "word_count": 125, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1668", "title": "Кранфило, фил-фило моме", "text": ":Кранфило, фил-фило моме,\n:Каранфило, фил-фило,\n:Ти каранфил не носиш, моме,\n:На каранфил мирисаш.\n:Друшките ти носеја, моме,\n:Друшките ти носеја,\n:Друшките ти носеја, моме,\n:Ама не мирисаја.\n:Цел ден стојам пред порти, моме,\n:Цел ден стојам пред порти,\n:Цел ден стојам пред порти, моме,\n:Пушка држам во раце.\n:Да убијам татко ти, моме,\n:Да убијам татко ти,\n:Да убијам татко ти, моме,\n:Татко ти, ем мајка ти.\n:Жал ми падна за тебе, моме,\n:Жал ми падна за тебе,\n:Ќе останеш сираче, моме,\n:Без мајка и без татко.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BE%2C_%D1%84%D0%B8%D0%BB-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1671", "title": "Лажи, лажи Вере", "text": ":Лажи, лажи Вере,\n:Лажи, кого лажиш,\n:Само мене Вере,\n:Немој да ме лажиш.\n:Јас си имам Вере,\n:Леле, јас си имам,\n:Јас си имам Вере,\n:До три болести.\n:Прва болест Вере,\n:Леле, прва болест,\n:Прва болест Вере-\n:Струмички меани.\n:Втора болест Вере,\n:Леле, втора болест,\n:Втора болест Вере-\n:В туѓина ќе одам.\n:Трета болест Вере,\n:Леле, трета болест,\n:Трета болест Вере-\n:Изгорев за тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B0%D0%B6%D0%B8%2C_%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%92%D0%B5%D1%80%D0%B5", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1669", "title": "Крушево абер пристигна", "text": ": комити да ги испрати ---\n: во тоа славно Смилево. х2\n: Стојан си немал синои х2\n: само си ја имал Тодорка\n: Тодорка една на мајка х2\n: Тодорка една на татко.\n: Тодорка на татко велеше\n: купи ми пушка берданка\n: и една сабја пренгија\n: јас комита татко ќе одам. х2\n: во тоа славно Смилево.\n: А што беше лична Тодорка\n: нарами пушка на рамо\n: запаша сабја пренгија\n: три години години шетала\n: никој Тодорка не познал\n: дека е Тодорка девојка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D0%BE_%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D1%80_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B3%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1663", "title": "Кога се мажеше што ти се чинеше", "text": ":Кога се мажеше што ти се чинеше,\n:Невесто, мори црно око,\n:Лиду, лиду, лиду ду,\n:Црно ле око, де.\n:Дали ти се чинеше момче шеќерче,\n:Невесто, мори црно око,\n:Лиду, лиду, лиду ду,\n:Црно ле око, де.\n:Ниту је момче, момче шеќерче,\n:Невесто, мори црно око,\n:Лиду, лиду, лиду ду,\n:Црно ле око, де.\n:Ниту је круша, круша шербетлика,\n:Невесто, мори црно око,\n:Лиду, лиду, лиду ду,\n:Црно ле око, де.\n:Камо ти невесто за свекорот кошула,\n:Невесто, мори црно око,\n:Лиду, лиду, лиду ду,\n:Црно ле око, де.\n:За свекорот шамија, за деверот чорапи,\n:Невесто, мори црно око,\n:Лиду, лиду, лиду ду,\n:Црно ле око, де.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D1%88%D0%B5_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1678", "title": "Лилјано моме убаво", "text": ":Лилјано моме убаво,\n:Лилјано една на мајка,\n:Уште ли мома ќе одиш,\n:Уште ли светот ќе гориш?\n:Лилјано моме убаво,\n:Лилјано пиле шарено,\n:Жена и деца оставам,\n:Тебе Лилјано да земам.\n:Немој, Лилјано, не чини,\n:Не осатвај рана на срце,\n:Цел век јас ќе ти слугувам,\n:Тебе Лилјано да земам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1680", "title": "Лино, мори моме, севдалино", "text": ":Лино, мори моме, севдалино,\n:Која вечер, Лино јас да дојдам.\n:Море, кога сакаш Ѓорѓи, тогај дојди,\n:Оваа вечер, Ѓорѓи не доаѓај.\n:Море, татко појде, Ѓорѓи во Солуна,\n:Во Солуна Ѓорѓи, на пазарот.\n:Море, кога појдов мамо, што да видам,\n:Лина стои диван пред свекрва.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1675", "title": "Ленче бре душо", "text": ":Ленче бре душо, Ленче бре срце,\n:Умрев загинав за тебе,\n:Кога помина, кога замина,\n:Покрај моето дуќанче,\n:Леле Ленче бре.\n:Немој бре лудо, немој бре душо,\n:Не играј се ти со мене,\n:Јас не можам да те земам\n:Јас сум си моме\n:Лудо, мори, сираче.\n:Мајка ти лудо, мајка ти душо,\n:Дарови ќе ми сакаја,\n:Јас не можам да ја дарам\n:Јас сум си моме,\n:Лудо, море, сираче.\n:Мајка ми Ленче, татко ти душо,\n:Дарови не ти сакајат\n:Збор да ми кажем, дума да дадеш\n:Оти ти моја\n:Ленче ќе бидеш.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%BE", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1682", "title": "Лулела е Јана", "text": ":Лулела е Јана\n:Булино детенце,\n:Ем го је лулела,\n:Ем го луто клела.\n:\"Да ми даде Господ\n:Булино детенце,\n:Денес да лулеам,\n:Утре да жалеам.\n:Што не можам д' идам\n:На собор да бидам,\n:На собор да бидам,\n:С' либе да се видам.\"\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%B5_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1681", "title": "Лисаво", "text": ":Лисаво, Лисаво, Лисаво на мајка,\n:џан бела кадуно, солунска коконо, (х2)\n:Ти кога запеиш, Лисаво на мајка,\n:далеку се слуше, дур на нашта нива,\n:дур на нашта нива, дур на нашта слива.\n:Јас кога да слушнам, Лисаво на мајка,\n:сарпот го фарљувам, на стог са качувам,\n:срце ми голее, шо арно си пееш.\n:Ти кога запеиш, Лисаво на мајка,\n:далеко се слуше, прико три планини,\n:прико три морини, солунското поле.\n1 Белешка\nОваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%B2%D0%BE", "word_count": 88, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1677", "title": "Лешочкиот манастир", "text": ": Сардисале, сардисале,\n: Лешочкиот манастир,\n: сардисале, сардисале,\n: арнаути слатинчани.\n: Сардисале, сардисале,\n: арнаути слатинчани.\n: Абре попе егумене\n: каде ти се комитите\n: абре попе егумене\n: каде ти се комитите.\n: Абре паша кузум паша,\n: јас комити не познавам,\n: а бре паша кузум паша\n: јас комити не познавам.\n: Се налутил турскиот паша,\n: го запалил манастирот\n: Се налутил Гоце Делчев,\n: ја запалил џамијата.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D1%88%D0%BE%D1%87%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1689", "title": "Малихери пукаја", "text": ":Малихери пукаја, леле, малихери пукаја,\n:Малихери пукаја, на Кардашо планина. х 2.\n:Тој Јованчо војвода, тој Јованчо војвода,\n:Тој Јованчо војвода, на чукарка седеше. х 2.\n:На чукарка седеше, леле, на чукарка седеше,\n:На чукарка седеше, заповед ни даваше. х 2.\n:Јуруш браќа комити, леле, јуруш браќа комити,\n:Јуруш браќа комити, да ја ослободиме,\n:Да ја ослободиме, мајка Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%85%D0%B5%D1%80%D0%B8_%D0%BF%D1%83%D0%BA%D0%B0%D1%98%D0%B0", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1676", "title": "Ленче бре душо, Ленче бре срце", "text": ":Ленче бре душо, Ленче бре срце,\n:Умирам загинвам за тебе\n:Кога поминвам, кога заминвам\n:Покрај твоето дуќанче\n:Аман Ленче бре.\n:Рефрен:\n:Врви, лудо, врви си\n:Ваму фајде ти немаш\n:Лице мое бело румено\n:Е армасано.\n:Ленче бре душо, Ленче бре срце,\n:Умирам загинвам за тебе\n:Кај и да одам тебе те гледам\n:Срцево мое ќе пукне,\n:Аман Ленче бре.\n:Рефрен:\n:Врви, лудо, врви си\n:Ваму фајде ти немаш\n:Лице мое бело румено\n:Е армасано.\n:Ленче бре душо, Ленче бре срце,\n:Умирам загинвам за тебе\n:Се ќе ти купам, сал да те земам\n:Цел век да бидам со тебе\n:Аман Ленче бре.\n:Рефрен:\n:Врви, лудо, врви си\n:Ваму фајде ти немаш\n:Лице мое бело румено\n:Е армасано.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%BE%2C_%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1679", "title": "Лилјано моме, Лилјано", "text": ": Лилјано моме, Лилјано,\n: Слушај што вели Ѓорѓија,\n: Аман, оф аман,\n: Слушај што вели Ѓорѓија,\n: Чифликот ќе си продадам,\n: Тебе Лилјано да те земам,\n: Аман, оф аман,\n: Тебе Лилјано да земам.\n: Трлото ќе си продадам,\n: Тебе Лилјано да земам,\n: Аман, оф аман,\n: Тебе Лилјано да земам.\n: Колку ти чини трлото,\n: Толку ми чини грлото,\n: Аман, оф аман,\n: Толку ми чини грлото.\n: Овците ќе си продадам,\n: Тебе Лилјано да те земам,\n: Аман, оф аман,\n: Тебе Лилјано да земам.\n: Колку ти чинат овците,\n: Толку ми чинат очите,\n: Аман, оф аман,\n: Толку ми чинат очите.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%9B%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1693", "title": "Марие, дилбер бела, Марие", "text": ": Марие, дилбер бела, Марие,\n: Што кротко такеш ле, ем плачеш.\n: Дал'ти е разбојот расипан,\n: Ил'ти е брдото скршено.\n: \"Нит'ми е разбојот расипан,\n: Нит'ми е брдото скршено,\n: Тук'ми е жал за либето,\n: Либето ми е далеку.\"\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B5%2C_%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%B5%D1%80_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B0%2C_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B5", "word_count": 45, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1692", "title": "Марие млада невесто", "text": ": Марие млада невесто\n: елај се Маре потурчи, х2\n: На висок чардак да седиш\n: жолти жолтици да нижиш\n: на бело грло да носиш.\n: Подарок ќе ти подарам\n: Ендрене Сулатан Сељим џамија,\n: Цариград Света Софија.\n: Пуста ти била Сељим џамијата,\n: пуста ти била Света Софија,\n: јас си ја сакам верата.\n: Јас си ја сакам верата,\n: нашата вера убава,\n: сека недела Велигден.\n: Нашата вера рисјанска,\n: сека недела Велигден.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B5_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1700", "title": "Мила мајко што ме роди толку сиромав", "text": ": Мила мајко што ме роди толку сиромав,\n: Сиромав, сиромав, пусти останав.\n: Ќесе имам, пари немам, леле сиромав,\n: Сиромав, сиромав, пусти останав.\n: Куќа имам, жена немам, леле сиромав,\n: Сиромав, сиромав, пусти останав.\n: Кревет имам, душек немам, леле сиромав,\n: Сиромав, сиромав, пусти останав.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B5_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83_%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%B2", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1687", "title": "Мајка на Марика думаше", "text": ": Мајка на Марика думаше:\n: - Марике, ќерко Марике,\n: земи го ќерко Ѓорѓија,\n: Ѓорѓија први бекрија.\n: - Нејќум го мајко Ѓорѓија,\n: Ѓорѓија први бекрија.\n: Девет си жени погубил,\n: јас ќе сум мајко десетта.\n: Послуша Марика мајка си\n: зеде го Ѓорѓи бекрија.\n: Ѓорѓи на Марика думаше:\n: - Марике, либе Марике.\n: Нова се крчма отвора\n: мене ме канат да идам.\n: Сефтето да им направам,\n: фирмата да им напишам1.\n: Ене го Ѓорѓи кај иде,\n: девет му зурли свиреа,\n: девет му зурли свиреа,\n: десет тапани чукаа.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\n, текст, преводи и аудио записи", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%B4%D1%83%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%B5", "word_count": 91, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1685", "title": "Магдо мори, Магдалено", "text": ":Магдо мори, Магдалено\n:Магдо мори, Магдалено\n:Елај ми Магдо на колено;\n:Магдо, дојде зор заман.\n:Отпетлај ми доламава,\n:Да ми видиш кошулава;\n:Три годони не е прана,\n:А четири не крпена.\n:Немам сапун, Димчо море,\n:Кошула да ти операм\n:Немам конец, Димче море,\n:Кошула да ти закрпам.\n:Раце ти се, Магдо мори\n:Мискиритли сапун Магде,\n:Косите ти, Магдо мори\n:Ко солунски свилен конец.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8%2C_%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1696", "title": "Ми го затвориле младиот Јорданчо", "text": ":Ми го затвориле младиот Јорданчо,\n:Ми го затвориле во темни зандани.\n:Во зандани има вода до колена,\n:Вода до колена, коса до рамена.\n:Време веќе дојде, Јордан да се пушти,\n:Право он си тргна во негово село.\n:Кога дојде Јордан до домашни порти,\n:Два пати ми чукна, три пати ми викна.\n:Кога го дочула неговата мајка,\n:Порти отворила, сина прегрнала.\n:Каде ми е мајко, мојто верно либе,\n:- Твојто верно либе, сношти се омажи;\n:За твојот комшија, за твојот побратим.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8_%D0%B3%D0%BE_%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%88%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%BE", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1694", "title": "Марика мома убава", "text": ":Марика мома убава,\n:Марика турски трендафил.\n:Девет години носена,\n:По ергенските џебови.\n:Прва година отидов,\n:Марика да ја побарам.\n:Мајка и рече, млада е,\n:Млада е наш'та Марика.\n:Втора година отидов,\n:Марика да ја побарам.\n:Мајка и рече, болна е,\n:Болна е наш'та Марика.\n:Трета година отидов,\n:Марика да ја побарам.\n:Мајка и рече, почина,\n:Почина наш'та Марика.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1699", "title": "Мила мајко мојто либе не ми е дома", "text": ":Мила мајко мојто либе не ми е дома.\n:Ми отиде на туѓина тага голема\n:Поминаа три годони како го нема\n:Ниту пише ниту иде мене да види\n:Барем еднаш да го видам дома да дојде\n:Или на сон да го видам како на јаве\n:Ми облекол мор долама дури до земја\n:Да го сретнам, да го видам ќе го познавам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D1%82%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5_%D0%BD%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D0%B5_%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1690", "title": "Мамо, кој чука на порти", "text": ":Мамо, кој чука на порти?\n:Чука, тропа, мила ќерко,\n:Твојто верно либе.\n:Мамо, дал' да му отворам?\n:Немој ќерко, немој душо,\n:Вечера немаме.\n:Вечера ќе бидат, мамо,\n:Вечера ќе бидат, мамо,\n:Мојте слатки думи.\n:Мамо, дал' да му отворам?\n:Немој ќерко, немој душо,\n:Постела немаме.\n:Постела ќе биде, мамо,\n:Постела ќе биде, мамо,\n:Мојта рамна снага.\n:Ако ќерко ако,\n:убо е то убо е,\n:али ти сепак не отварај.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BC%D0%BE%2C_%D0%BA%D0%BE%D1%98_%D1%87%D1%83%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B8", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1697", "title": "Ми заплакало селото, селото Ваташа", "text": ":Ми заплакало селото, селото Ваташа.\n:Тринајест роса младинци носат,\n:Моклишко горе в'долови.\n:Целото село станало, станало на нога.\n:Дајте ги вамо нашите деца,\n:Еј, вие клети крвници.\n:Џелати клети не слуша, не слуша народот.\n:Митралез оган фрлија поган,\n:В'градите машки младински в'селото.\n:По тија рамиш полиња родни,\n:Ридишта голи тиквешки.\n:Тогај се народ подигна, подигна илјадно,\n:И тргна смело да затре семе,\n:Фашиско, клето, за навек.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни", "Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8_%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BE_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE%2C_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%92%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%88%D0%B0", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1695", "title": "Мариче ле, лично, девојче", "text": ": Мариче ле, лично, девојче,\n: Умирам загин'вам за тебе, оф,\n: Аманам, аманам,\n: Животот го давам за тебе, оф,\n: Аманам, аманам.\n: Иди прашај ја ле, мајка ти,\n: Дали ќе те даде за мене, оф,\n: Аманам, аманам,\n: За мене бре сирак-сиромав, оф,\n: Аманам, аманам.\n: А бре лудо, лудо, ем младо,\n: Јас си немам никој од рода, оф,\n: Аманам, аманам,\n: Сираче сум без мајка и татко, оф,\n: Аманам, аманам.\n: Ако мислиш ти да ме земиш,\n: Сама дома јас ќе ти дојдам, оф,\n: Аманам, аманам,\n: И со тебе век ќе векуваме, оф,\n: Аманам, аманам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B5_%D0%BB%D0%B5%2C_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1691", "title": "Мара Охриѓанка", "text": "Мара Охриѓанка е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Мара Охриѓанка [4х]\n:на пенџер седеше\n:Мара Охриѓанка [2х]\n:на пенџер седеше.\n:В раце држеше [4х]\n:огледалото\n:в раце држеше [2х]\n:огледалото.\n:Руса си коса [4х]\n:Мара чешлаше\n:руса си коса [2х]\n:Мара чешлаше.\n:Бело си лице [4х]\n:Мара пудреше\n:бело си лице [2х]\n:Мара пудреше.\n:Танка си снага [4х]\n:Мара кршеше\n:танка си снага [2х]\n:Мара кршеше.\n:Мара либето [4х]\n:си го чекаше\n:либето Мара [2х]\n:си го чекаше.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1704", "title": "Мома седи на пенџерe", "text": "Мома седи на пенџерe,\nА момчето, аман, аман, под пенџерe.\nДобро утро, сараф момче, аман, аман,\nAл си сараф, аман, аман, на парите.\nНе сум сараф на парите, аман, аман,\nТук сум сараф, аман, аман, на момите.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D1%9F%D0%B5%D1%80e", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1705", "title": "Море кога одев мила мамо", "text": ":Море кога одев мила мамо\n:Коњ да појам на кладенец\n:Море там си најдов мила мамо\n:Едно лично лудо младо.\n:Море очите и черешови\n:Лицето и златно сонце\n:Ајде учи мајко подучувај\n:Што да правам да ја земам.\n:Ајде слушај синко стара мајка\n:Не лудувај по момето\n:Ајде момето е посвршено\n:Во комшии за Ѓорѓија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%B2_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1701", "title": "Мирјано мори, Мирјано", "text": ":Мирјано мори, Мирјано,\n:Слушај што вели Ѓорѓија;\n:Аман, аман,\n:Слушај што вели Ѓорѓија.\n:Чифликот ќе си продам,\n:Тебе Мирјано да земам;\n:Аман, аман,\n:Тебе Мирјано да земам.\n:Колку ти чини чифликот,\n:Толку ми чини лицето;\n:Аман, аман,\n:Толку ми чини лицето.\n:Нивите ќе се продадам,\n:Тебе Мирјано да земам;\n:Аман, аман,\n:Тебе Мирјано да земам.\n:Колку ти чинат нивите,\n:Толку ми чинат веѓите;\n:Аман, аман,\n:Толку ми чинат веѓите.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%80%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8%2C_%D0%9C%D0%B8%D1%80%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1698", "title": "Ми товарил калеш Дончо", "text": ": Ми товарил калеш Дончо,\n: Три товари ориз,\n: Па си тргнал калеш Дончо,\n: За пуста Битола.\n: Леле, леле, леле,\n: Дончо за жалење,\n: Оф, оф, оф, оф, оф, оф,\n: Дончо штипјанчето.\n: На пат го сретнале Дончо,\n: Турски караколи,\n: Му најдоа пусти Турци\n: Бомби и патрони.\n: Леле, леле, леле,\n: Дончо за жалење,\n: Оф, оф, оф, оф, оф, оф,\n: Дончо штипјанчето.\n: Го фрлија калеш Дончо\n: Во темни занадани,\n: Го мачеја пусти Турци\n: Во тесни долапи.\n: Леле, леле, леле,\n: Дончо за жалење,\n: Оф, оф, оф, оф, оф, оф,\n: Дончо штипјанчето.\n: Аферим бре калеш Дончо,\n: Никој не издаде.\n: Леле, леле, леле,\n: Дончо за жалење,\n: Оф, оф, оф, оф, оф, оф,\n: Дончо штипјанчето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8_%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BB_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%BE", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1702", "title": "Многу крвја, многу солзи", "text": ":Многу крвја, многу солзи,\n:Земја натопија,\n:Многу лисја гора смени,\n:Машка снага испи.\n:Но по таа борба тешка\n:Слобода ни блесна.\n:Во илјада деветсто и\n:Третата година,\n:Се создаде Република,\n:Во славно Крушево,\n:Македонска Република,\n:Прва на Балканот.\n:Претседател прв ми беше,\n:Тој Никола Карев,\n:Со македонските војводи,\n:Сите Илинденци.\n:Даме Груев, Питу Гули\n:И Јане Сандански.\n:За слобода загинаа,\n:Славните војводи,\n:На Македонците они,\n:Завет оставија,\n:Да се борат за слобода\n:За Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83_%D0%BA%D1%80%D0%B2%D1%98%D0%B0%2C_%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83_%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B7%D0%B8", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1711", "title": "На сред село тапан чука", "text": ":Зурли трештат на сред село\n:тапан чука рум дум дум\n:млади моми и ергени\n:до две ора вијат\n:Оздол иде стар бел дедо\n:засукал мустаќи\n:право трга на орото\n:и он да се фати\n:Го здогледа баба Меса\n:дека дедо игра\n:Каде одиш старо аро\n:оро да им грдиш\n:Стој почекај баба Месо\n:до моми да играм\n:да се фатам до момите\n:срце да разиграм\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0_%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%BD_%D1%87%D1%83%D0%BA%D0%B0", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1703", "title": "Мома уф зандана", "text": ":Дека се чуло џанам видело,\n:Мома уф зандани џанам да леже,\n:Уф Солунските темни зандани.\n:Мома уф зандани џанам да леже,\n:Зарде такови му пусти борџуве.\n:Станала типла стара в зандане,\n:Дали има мома тува да леже.\n:Тука сам стара мајко, тува сам,\n:Тука сам старе мале, зашто сам.\n:Пуста ми коса мале искапа,\n:Бело ми лице мајко подимне.\n:Продајте стара мајко имајне\n:На Турци пари мајко давајте\n:Турците пари ќерко не сакат,\n:Турците тебе ќерко те сакат.\n:Девет години мајко ка лежам,\n:И оште девет ќе лежам,\n:На Турци вера мајко не давам,\n:На Турчин жена мајко не станувам.\n1 Белешка\nОваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D1%83%D1%84_%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 118, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1706", "title": "Море сокол пие", "text": ": Море сокол пие\n: Вода на Вардарот.\n: Јане, Јане ле бело грло\n: Јане, Јане ле кротко јагне.\n: Море ој соколе,\n: Ти јуначко пиле.\n: Јане, Јане ле бело грло\n: Јане, Јане ле кротко јагне.\n: Море нели виде\n: Јунак да помине,\n: Јунак да помине,\n: С'девет лути рани.\n: Јане, Јане ле бело грло,\n: Јане, Јане ле кротко јагне.\n: Јунак да помине\n: С'девет лути рани,\n: С'девет лути рани,\n: Сите куршумлии.\n: Јане, Јане ле бело грло\n: Јане, Јане ле кротко јагне.\n: А дестта рана,\n: Со нож прободена.\n: Јане, Јане ле бело грло\n: Јане, Јане ле кротко јагне.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB_%D0%BF%D0%B8%D0%B5", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1709", "title": "На Струга дуќан да имам", "text": ": Што ми е мило ем драго\n: На Струга дуќан да имам,\n: Оф леле, леле, либе ле,\n: Срцево ми го, џанам, изгоре.\n: На Струга дуќан да имам,\n: На ќепенците да седам,\n: Оф леле, леле, либе ле,\n: Срцево ми го, џанам, изгоре.\n: На ќепенците да седам,\n: Струшките моми да гледам,\n: Оф леле, леле, либе ле,\n: Срцево ми го, џанам, изгоре.\n: Струшките моми да гледам,\n: Кога ми одат на вода,\n: Оф леле, леле, либе ле,\n: Срцево ми го, џанам, изгоре.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0_%D0%A1%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D1%83%D1%9C%D0%B0%D0%BD_%D0%B4%D0%B0_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1707", "title": "Море три години Стамбол го шетав", "text": ": Море три години Стамбол го шетав: Темјано море си спечалив до три илјади,: Јагне Темјано, пиле шарено.: Првата илјада коњче си купив, Темјано,: Втората илјада такам за коњче,: Јагне Темјано, пиле шарено.: Третата илјада тебе да те земам, Темјано,: Таман кинисав дома да си идам,: Јагне Темјано, пиле шарено.: Таман кинисав дома да си идам, Темјано,: На среде поток коњче ми пукна,: Јагне Темјано, пиле шарено.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D1%82%D1%80%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%BE%D0%BB_%D0%B3%D0%BE_%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%B2", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1710", "title": "На срце ми лежи, мила мамо", "text": ":На срце ми лежи, мила мамо,\n:На срце ми лежи,\n:Ај, на срце ми лежи, мила мамо,\n:Една лута змија.\n:Не ми била змија, мила мамо,\n:Не ми била змија,\n:Ај, не ми била змија, мила мамо,\n:Туку кара севда.\n:Севдините очи, мила мамо,\n:Севдините очи,шмикај ми го куро\n:Ај, Севдините очи, мила мамо,\n:Црни, черешови.\n:Севдините веѓи, мила мамо,\n:Севдините веѓи,\n:Ај, Севдините веѓи, мила мамо,\n:Морски пијавици.\n:Севдината снага, мила мамо,\n:Севдината снага,\n:Ај, Севдината снага, мила мамо,\n:Тенка половина.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\ntr:Nasıl sevdin deme bana anne", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0_%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8%2C_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 97, "cyrillic": 0.937}
{"id": "1688", "title": "Македонско девојче", "text": "0.1 Македонско девојче\nМакедонско девојче,\nкитка шарена,\nво градина набрана\nдар подарена,\nДали има н' овој бели свет\nпоубаво девојче од Македонче?\nНема, нема не ќе се роди\nпоубаво девојче од Македонче.\nНема ѕвезди полични\nод твојте очи,\nда се ноќе на небо,\nден ќе раздени.\nДали има н' овој бели свет\nпоубаво девојче од Македонче?\nНема, нема не ќе се роди\nпоубаво девојче од Македонче.\nКога коси расплети\nкако коприна\nлична е, и полична,\nод самовила.\nДали има н' овој бели свет\nпоубаво девојче од Македонче?\nНема, нема не ќе се роди\nпоубаво девојче од Македонче.\nКога песна запее\nславеј натпее,\nкога оро заигра\nсрце разигра.\nДали има н' овој бели свет\nпоубаво девојче од Македонче?\nНема, нема не ќе се роди\nпоубаво девојче од Македонче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\n*Македонско девојче - Википедија, слободна енциклопедија.\n*\nbg:Македонско девойче", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 144, "cyrillic": 0.993}
{"id": "1708", "title": "Мори моме Магде", "text": ": Мори моме Магде, умирам за тебе, 2х\n: заврти се мила Магде,\n: ај заљуби ме,\n: се заради тебе Магде\n: изгубив цел век.\n: Руса коса имаш,свети како флорин, 2х\n: заврти се мила Магде,\n: ај заљуби ме,\n: се заради тебе Магде\n: изгубив цел век.\n: Црни очи имаш, дај ми ги на мене, 2х\n: заврти се мила Магде,\n: ај заљуби ме,\n: се заради тебе Магде\n: изгубив цел век.\n: Рамна снага имаш, дај да ти ја кршам, 2х\n: заврти се мила Магде,\n: ај заљуби ме,\n: се заради тебе Магде\n: изгубив цел век.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B4%D0%B5", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1713", "title": "Не кажувај либе добра ноќ", "text": ": Не кажувај либе добра ноќ\n: не оди дома рано ти,\n: најзгодно време е во ноќта\n: прекрасна е оваа ноќ за нас. х2\n: Сите спијат а ние сме сами\n: користи драги ти мене,\n: милувај бакнувај бескрајно\n: волшебна е ноќ за љубење. х2\n: Јас знам дека друга љубиш ти\n: јас знам дека друга мамиш ти\n: срцево мое е за тебе\n: и не би го дала јас за друг. х2\n: За мене пролет не развива\n: за мене цвеќе не цути\n: за мене ти си прва љубов\n: и последна ќе ми бидеш ти. х2\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5_%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D1%9C", "word_count": 95, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1717", "title": "Не се бели Маре мори", "text": ": Не се бели Маре мори,не се црви\n: Не се толку Маре дотерувај\n: Ми се смеат Маре мори комшиите,\n: Комшиите Маре,еснафите\n: Во кого си Маре мори погледала\n: Секому си Маре болест дала\n: Кому два дни Маре мори,кому три дни,\n: А на мене Маре три години\n: Ме направи Маре мори,суво дрво,\n: Суво дрво Маре,јаворово\n: Земи оган Мaре мори,запали ме\n: Запали ме Маре,изгори ме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1716", "title": "Не раѓај мајко, лична Македонијо", "text": ":Не раѓај мајко, лична Македонијо,\n:Не раѓај ќерки убави.\n:Твоите ќерки, мајко Македонијо,\n:Тиран ти граба на сила.\n:Ти раѓај само, мајко Македонијо,\n:Ти раѓај само синови.\n:Знаме да развеат по Македонија,\n:Народ да зберат-поробен.\n:Твоите синој, по горја, планини,\n:Крв си пролеват за тебе.\n:Момите лични, убави-прикажани,\n:Венат си млади аргатки.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%2C_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%BE", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1719", "title": "Не се фаќај Доне Донке до мене", "text": ":Не се фаќај Доне Донке до мене,\n:Срцето ми гори Донке за тебе.\n:Еј, што те заљубив,\n:Еј, па те изгубив.\n:Кога војник Доне Донке јас одев,\n:И орото Доне Донке го водев.\n:Еј, што те заљубив,\n:Еј, па те изгубив.\n:Ни година Доне Донке не пројде,\n:За другого Доне Донке ти појде.\n:Еј, што те заљубив,\n:Еј, па те изгубив.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D1%84%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%98_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%B5_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B5", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1712", "title": "Народе Македонски", "text": ": Народе Македонски,\n: со какви идеи си ти,\n: доста беше, разбуди се, ----\n: свести се не спиј ти. 2х\n: Не знаеш кој си, што си,\n: други тебе знајат,\n: срам голем је за тебе, ----\n: сам да не се знаеш. 2х\n: Исклаја жени, деца,\n: во село Нагоричани,\n: абер аскерот турски,\n: фрлајте оружјето.\n: Каде е Караиванов\n: и дружината му,\n: Мелас Каравангелис\n: Битола в затвор е тој.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1718", "title": "Не се кревај на големо", "text": ":Не се кревај на големо,\n:Јовано, Јованке,\n:Барем да си од колено,\n:Јовано, Јованке,\n:Пиле шарено.\n:Ја елај ми на колено,\n:Јовано, Јованке,\n:Отпетлај ми доламата,\n:Јовано, Јованке,\n:Пиле шарено.\n:Ред по редум-девет реда,\n:Јовано, Јованке,\n:Да ми видиш кошулава,\n:Јовано, Јованке,\n:Пиле шарено.\n:Од куршуми издупена,\n:Јовано, Јованке,\n:А со крв е облеана,\n:Јовано, Јованке,\n:Пиле шарено.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1714", "title": "Не прибирај мила мамо стројници", "text": ":Не прибирај мила мамо стројници\n:А, а... мила мамо ле\n:Јас си имам мила мао либе комшивче\n:Комшивче ле мила мамо комшивче\n:А, а... мила мамо ле\n:Едно лично лудо младо\n:Не дели ме мила мамо од него\n:А, а... мила мамо ле\n:Боса ќе бегам мамо по него\n:А, а... мила мамо ле\n:Живот ќе дадам мамо за него.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1722", "title": "Нели ти реков, моме Донке", "text": ":Нели ти реков, моме Донке,\n:Нели ти думав,\n:Да не љубиш, моме Донке,\n:Битолските ергени.\n:Они те лажат, моме Донке,\n:Они те мамат,\n:Си за тија, моме Донке,\n:Тија пусти пари.\n:Битолските ергени, моме Донке,\n:Си се мајтапчии,\n:Ќе ти ветат, моме Донке,\n:Нема да те земат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D1%82%D0%B8_%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%2C_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1724", "title": "Немој ме, мила мамо, луто да колниш", "text": ":Немој ме, мила мамо, луто да колниш,\n:Оти сум станал мамо, младо спаивче.\n:Ја, спремај ми го мамо брзото коњче,\n:Јас ќе си одам мамо, Благино село.\n:Ако е Блага, мамо болна легнала,\n:Јас ќе се сторам мамо, младо докторче,\n:И ќе ја лечам мамо, без пари.\n:Ако е Блага, мамо за друг свршена,\n:Јас ќе се сторам мамо, младо касапче,\n:И ќе ја сечам мамо, парче по парче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE%2C_%D0%BB%D1%83%D1%82%D0%BE_%D0%B4%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%88", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1715", "title": "Не плачи мило либе, не жали (Параходот)", "text": ": Параходот ми пристигна\n: збогум либе подај рака\n: не плачи мило либе, не жалај\n: јас пак ќе се вратам.\n: Очите ти насолзени,\n: устето ти насмејано\n: не плачи мило либе, не жалај\n: јас пак ќе се вратам.\n: Ја земи си бело крпче,\n: избриши си црни очи\n: не плачи мило либе, не жалај\n: јас пак ќе се вратам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5%2C_%D0%BD%D0%B5_%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%28%D0%9F%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%85%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%82%29", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1720", "title": "Не си го продавај Кољо чифликот", "text": ": Не си го продавај Кољо чифликот\n: мама не ме дава кољо за тебе, 2х\n: по меани одиш Кољо, рујно вино пиеш,\n: дома рано не си одиш да спиеш.\n: рефрен:\n: По меани одиш Кољо,\n: рујно вино пиеш,\n: дома рано не си одиш да спиеш. 2х\n: Колку ти чини Кољо чифликот,\n: толку ми чини Кољо лицето 2х\n: рефрен:\n: Не си го продавај Кољо трлото,\n: мама не ме дава Кољо за тебе. 2х\n: рефрен:\n: Колку ти чини Кољо трлото,\n: толку ми чини Кољо грлото. 2х\n: рефрен:\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\n, текст, аудио и преводи", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D1%81%D0%B8_%D0%B3%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%9A%D0%BE%D1%99%D0%BE_%D1%87%D0%B8%D1%84%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82", "word_count": 95, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1728", "title": "Облак се вие, орлите пиштат", "text": "Облак се вие, орлите пиштат,\nБалканот ја пее грозната песна,\nДали врни, грми ил се земја тресе,\nИли се борја од корен корнат?\nНиту врни, грми, нит' се земја тресе,\nНиту се борја од корен корнат.\nБуки се сечат, спици се прават,\nНа Македонците под нокти редат.\nФурни се горат, железа се топат,\nНа Македонци-усти затворат.\nДали има уште, кој да не знае,\nДо каде е наш'та Македонија?\nИма ли уште, кој да не знае,\nДо каде е наш'та Македонија?\nШтип, Куманово, Струмица и Струга,\nЃевѓелиско поле, дур' до Солуна,\nТаму живеат само Македонци,\nСамо Македонци-славни јунаци.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%BA_%D1%81%D0%B5_%D0%B2%D0%B8%D0%B5%2C_%D0%BE%D1%80%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%82", "word_count": 106, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1726", "title": "Никнало, никнало, цвеќе шарено", "text": ":Никнало, никнало,\n:Цвеќе шарено,\n:Пред моми, пред моминото\n:Пенџерче.\n:Дење го, дење го\n:Моме вадело,\n:Ноќе го, ноќе го\n:Момче крадело.\n:Дејгиди, дејгиди,\n:Момче будало,\n:Не знаеш, не знаеш,\n:Моме да љубиш,\n:Тук' знаеш, тук' знаеш\n:Цвеќе да крадеш.\n:Цвеќето, цвеќето\n:Е за мирисање,\n:Момето, момето\n:Е за љубување.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BE%2C_%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BE%2C_%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5_%D1%88%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1721", "title": "Нели сторивме вера и клетва", "text": ":Нели сториме, севдо мори\n:вера и клетва\n:ни да се мажиш, севдо мори,\n:ни да се женам.\n:Леле, лепа мори, ни да се женам.\n:Ти да ме чекаш, севдо мори,\n:До три години,\n:Ти не ме чека, севдо мори,\n:Ни три недели\n:Леле, лепа мори, ни три недели.\n:До Солун ојду, севдо мори,\n:Абер ми дојде,\n:Што се армаса, севдо мори,\n:За мојто кумче.\n:Леле, лепа мори, за мојто кумче.\n:Ме поканае, севдо мори,\n:Кум да ве венчам,\n:Со кои раци, севдо мори,\n:Венци да држам,\n:Леле, лепа мори, венци да држам.\n:Со уста реку, севдо мори,\n:Да се ќердосаш,\n:Со срце веља, севдо мори,\n:Пак моја да си,\n:Леле, лепа мори, пак моја да си.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%BC%D0%B5_%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B0_%D0%B8_%D0%BA%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1729", "title": "Оган го гори Брезово", "text": ":Оган го гори Брезово-Македонијо,\n:Ордан со четата навлегол-Македонијо.\n:И на дружината говори-Македонијо,\n:Стан'вајте браќа не спијте-Македонијо,\n:Земајте бомби, куршуми.\n:Земајте бомби, куршуми-Македонијо,\n:Со душман ќе се бориме-Македонијо.\n:Згрмеа бомби, куршуми-Македонијо,\n:Одеднаш Ордан извика-Македонијо,\n:Го зазедовме Брезово.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B3%D0%B0%D0%BD_%D0%B3%D0%BE_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%91%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%BE", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1730", "title": "Огрејала еј месечина", "text": ":Огрејала еј месечина, ој бабо,\n:Огрејала еј месечина,\n:Во нашето рамно гумно,\n:Во нашето рамно гумно,\n:Не ми била месечина, ој бабо,\n:Не ми била месечина,\n:Тук ми биле беќарите,\n:Тук ми биле беќарите,\n:Беќарите Бапчорските, ој бабо,\n:Беќарите Бапчорските,\n:Тук светеје ќостеците,\n:Тук светеје ќостеците,\n:Ќостеците сребрените, ој бабо,\n:Ќостеците сребрените,\n:Тук тропаје кондурите,\n:Тук тропаје кондурите.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%B5%D1%98_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1725", "title": "Низ двори се шета мома Катерина", "text": "Низ двори се шета мома Катерина е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Низ двори се шета мома Катерина\n:Низ двори се шета мома Катерина,\n:бело променета како галабица.\n:Оф аман, аман како галабица. [x2]\n:Ситно кротко оди како еребица [x2]\n:Оф аман, аман како еребица. [x2]\n:Оздола ми иди едно лудо младо\n:сива коња јава, коња разигрува.\n:Оф аман, аман и на коња вели: [x2]\n:Играј коњу играј, ти да се наиграш\n:јас ќе те продавам за мома Катјуша.\n:Оф аман, аман за мома Катјуша. [x2]\n:Штом ми го дочула мома Катерина\n:и на лудо вели коња не продавај\n:Оф аман, аман коња не продавај. [x2]\n:Како твојта коња сегде редум има\n:како мома Ката нигде редум нема.\n:Оф аман, аман нигде редум нема. [x2]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B8%D0%B7_%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 127, "cyrillic": 0.944}
{"id": "1723", "title": "Нели ти реков, не оди боса", "text": ":Нели ти реков,\n:Не оди боса.\n:Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,\n:Маруше мори дилбер,\n:Ти моја ќе си, пак моја ќе си.\n:Не оди боса по таа роса,\n:Нели ти реков, не оди сама.\n:Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,\n:Маруше мори дилбер,\n:Ти моја ќе си, пак моја ќе си.\n:Не оди сама по таа слама,\n:Нели ти реков, елај при мене.\n:Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,\n:Маруше мори дилбер,\n:Ти моја ќе си, пак моја ќе си.\n:Нели ти реков, елај при мене.\n:Мама ме дава, тате не ме дава.\n:Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,\n:Маруше мори дилбер,\n:Ти моја ќе си, пак моја ќе си.\n:Мама ме дава, тате не ме дава.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D1%82%D0%B8_%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%2C_%D0%BD%D0%B5_%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%B1%D0%BE%D1%81%D0%B0", "word_count": 123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1731", "title": "Огрејала јасна ѕвезда", "text": "Огрејала јасна ѕвезда е македонска народна песна. Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n1 Текст на песната\n:Огрејала, огрејала\n:Огрејала јасна ѕвезда,\n:Право тегле, право тегле,\n:Право тегле на вујку му.\n:Добро вечер мили вујко\n:Дај Бог добро мило внуче\n:Јас сам дошол мили вујко\n:Јас сам дошол да та питам.\n:Мен ма сакат мили вујко,\n:Мен ма сакат до две моми,\n:Таа идната и чорбаџика,\n:Таа другата и сиромашка.\n:Чунки питаш мило внуче,\n:Чунки питаш ки ти кажам.\n:Чорбаџика мило внуче\n:Чорбаџика кавгаџика,\n:Сиромашка добраџинка.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D1%95%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B0", "word_count": 91, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1734", "title": "Ожени ме мамо, женет да одам", "text": ":Ожени ме мамо, женет да одам,\n:Пуста беќарштина, веќе не се трпи.\n:Ожени ме мамо за наш'то комшивче,\n:За наш'то комшивче, личното Мариче.\n:Кога низ двор шета, босо на налани,\n:Тенка снага крши-срцето ми гори.\n:Не те женам сине оваа година,\n:Оваа година-голема скапија\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE%2C_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1732", "title": "Од Битола до Вевчани, си сардисано", "text": ":Од Битола до Вевчани, си сардисано.\n:Ура, ура-Ставре војвода.\n:Го сардиса млад ставре кушегутот.\n:Ура, ура-Ставре војвода.\n:Ставре има машко срце-не се предава.\n:Ура, ура-Ставре војвода.\n:Ставре има бердан пушка-не се предава.\n:Ура, ура-Ставре војвода.\n:Прва бомба, што ми пушти в конопиштата.\n:Ура, ура-Ставре војвода.\n:Та ми удри десет души од аскерот.\n:Ура, ура-Ставре војвода.\n:Сврти пушка во брадата, Ставре војвода,\n:Ура, ура, сам се убива,\n:Ура, ура, за Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%B4%D0%BE_%D0%92%D0%B5%D0%B2%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%B8%2C_%D1%81%D0%B8_%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%BE", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1727", "title": "Нико, Нико мори, меанџико", "text": ": Нико, Нико мори, меанџико,: Чини есап, Нико, да ми платиш,: Што ти служев, Нико, три години: Сум решило, Нико, да се женам.: Еј Стојане, море измеќаре,: Ако сакаш, Стојан, да се жениш,: Јас си имам, Стојан, измеќарки,: Која сакаш, Стојан, таа земи.: Нико, Нико мори, меанџико,: Татко ми оставил проклетија,: Да не земам, Нико, јас девојка,: Тук да земам, Нико, јас вдовица.: Еј Стојане, море, млад Стојане,: Ако сакаш, Стојан, ти вдовица,: Ако сакаш, Стојан, ти вдовица,: Седи овде, Стојан, земај мене.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%2C_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8%2C_%D0%BC%D0%B5%D0%B0%D0%BD%D1%9F%D0%B8%D0%BA%D0%BE", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1733", "title": "Од умот се подизгубив", "text": ":Од умот се подизгубив\n:За едно лично Охриѓанче.\n:Од умот се подизгубив\n:За едно лично, за едно лично Охриѓанче.\n:Оди мајко, стара мајко,\n:Скришем, скришем да н речиш.\n:Оди мајко, стара ле мајко,\n:Скришем, скришем,\n:Скришем, скришем да н речиш.\n:Син ми ќерко те милува,\n:Па се срамел да ти речи.\n:Син ми ќерко те милува,\n:Па се срамел,\n:Па се срамел да ти речи.\n:Штом ме лудо милувало,\n:З'ш не кажал од порано.\n:Штом ме лудо милувало,\n:З'ш не кажал,\n:З'ш не кажал од порано.\n:Сега сум си посвршено\n:За едно лично Битолчанче.\n:Сега сум си посвршено\n:За едно лично,\n:За едно лично Битолчанче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4_%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B2", "word_count": 113, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1738", "title": "Ој, ти моме лудо ли си", "text": ":Ој, ти моме лудо ли си, леле,\n:Што љубиш, што мамиш моето братче?\n:Сам ти се брати лаже, леле,\n:По мојве, по мојве црниве очи;\n:По мојве, по мојве гајтанли веѓи.\n:Ој, ти моме лудо ли си, леле,\n:Што љубиш, што љубиш мојето братче?\n:Сам ти се брати лаже, леле,\n:По мојава, по мојава руса коса;\n:По мојва, по мојва рамна снага.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98%2C_%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%BE_%D0%BB%D0%B8_%D1%81%D0%B8", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1739", "title": "Ој, ти пиле, славеј пиле", "text": ":Ој, ти пиле, славеј пиле,\n:Ја запеј ми една песна.\n:Ја запеј ми една песна,\n:Да се чуе надалеку.\n:Да се чуе надалеку,\n:На далеку до Велешко.\n:Од Велешко да Прилепско,\n:Од Прилепско до Крушевско.\n:Од Крушевско зад корија,\n:Зад корија-Мечкин Камен.\n:Там' се бие славен јунак,\n:Славен јунак-Питу Гули.\n:Ој, бре вие Крушевчани,\n:Што сте толку нажалени.\n:Со децата распиштени,\n:Со куќите запалени.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98%2C_%D1%82%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%2C_%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%98_%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1742", "title": "Отвори Лено вратничка", "text": ":Отвори Лено мори вратничка, вратничка, (х2)\n:сос твојта бела десна ракичка, ракичка. (х2)\n:Не можам Кољчо ја бре да станам, да ј’ отворам, (х2)\n:мајка ми леже лудо, до мене, крај мене.\n:широк ми фустан лудо, под неја, под неја.\n:Трагни го скини Лено фустанот, фустанот, (х2)\n:јас ќе ти купам Лено, пошарен, поарен. (х2)\n1 Белешка\nОваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1736", "title": "Ој Недо, Недо, земи ме Недо", "text": ": Ој Недо, Недо, земи ме Недо.\n: Ако не ме земиш Недо,\n: Ветрот ќе те земе, кучке,\n: Што мана ми најде.\n: И ние сме Недо мори, луѓе чорбаџии,\n: И ние имаме Недо, големо богатство.\n: Од жаба нога Недо, цела пастрма,\n: Од глувче меше Недо, полно е со вино.\n: Па се надеваме Недо,\n: Свадба да правиме, кучке,\n: Тебе да земиме.\n: И ние сме Недо мори, луѓе чорбаџии,\n: Едно рало гаѓи Недо, деветмина браќа,\n: Едниот ги слек'ва Недо, другиот-облек'ва.\n: Па се надеваме Недо,\n: Свадба да правиме, кучке,\n: Тебе да земиме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%BE%2C_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%BE%2C_%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%BE", "word_count": 95, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1740", "title": "Ордан седи на кулата", "text": ":Ордан седи на кулата,\n:На кулата во Брезово,\n:В раци држи дулбијата.\n:Па ми гледа горе-долу,\n:Му догледал црни аскер,\n:Црни аскер-башибозук.\n:Фрли бомба сред селото,\n:Цело село се затресе,\n:Сиот аскер го потурка.\n:Извикнаја селаните,\n:Што е ова од Ордана,\n:Од Ордана Пиперката.\n:Ордан куршум не го дупи,\n:Ордан сабја не го сече,\n:Ордан носи чесно дрво.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1741", "title": "Останала, останала жена удовица", "text": ":Останала, останала жена удовица,\n:Удовица од седум одини,\n:Удовица с'едно машко дете,\n:Му туриле име Асан Ага.\n:Расна Асан, расна Асан, расна ми порасна;\n:Ми наврши петнаесет години,\n:Па истера телца да ми пасе,\n:Да ги пасе низ потур маале.\n:Там ја најде, там ја најде Фатма потуршена,\n:Она пасе калеши јаганца,\n:Измешала телца и јаганца,\n:Меѓу њима љубов потфатиле.\n:Меѓу њима, меѓу њима љубов потфатиле,\n:Пофатиле тврда беса дале\n:Да се љубат да не се излажат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0%2C_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1752", "title": "Појде моме на вода", "text": ":Појде моме на вода,\n:Со две стомни шарени.\n:А беќарчето по неа,\n:И на моме говори:\n:\"Постој моме, почекај,\n:Да ти кажам два збора.\n:Подај ми го бардето,\n:Вода да се напијам.\"\n:Не го фати бардето,\n:Тук ја фати за рака.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1750", "title": "Подигни си, бре невесте дулачето", "text": ":Подигни си, бре невесте дулачето,\n:Да ти видам, бре невесте, бело лице.\n:И да видиш, лудо младо, фајде нема,\n:Бело лице, лудо младо, продадено.\n:Продадено, лудо младо, во комшии,\n:Во комшии, лудо младо, за Јанета.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%BD%D0%B8_%D1%81%D0%B8%2C_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B5_%D0%B4%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1743", "title": "Песна ви пеам Македонци", "text": ":Песна ви пеам Македонци,\n:Со зборој нашински,\n:Песна за Егејско чедо,\n:На Македонија.\n:Македонка мајка ме роди\n:И клетва ми остави\n:Расти и бори се чедо\n:За Македонија.\n:Родена сум во Кукуш,\n:Тирански мачена,\n:Нога и рака ми сековте,\n:Очи извадивте.\n:Македонка мајка ме роди\n:И клетва ми остави\n:Расти и бори се чедо\n:За Македонија.\n:Името лично Македонско,\n:Не си го менувам,\n:Внука сум јас на Гоце,\n:Кукушанецот.\n:Македонка мајка ме роди\n:И клетва ми остави\n:Расти и бори се чедо\n:За Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D0%B0%D0%BC_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1747", "title": "Петлите пеат, зората се зори", "text": ":Петлите пеат, зората се зори,\n:Пуштај ме бела Митро да одам.\n:Нашите петли од вечер пеат.\n:Полежи, лудо младо, поспи си,\n:Пољуби бело лице Митрино.\n:Дрварите одат, денот ми се дени,\n:Пуштај ме бела Митро да одам.\n:Дрварите наши од вечер одат.\n:Полежи, лудо младо, поспи си,\n:Помрси руси коси Митрини.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D0%B5%D0%B0%D1%82%2C_%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1735", "title": "Ојде дедо во градина", "text": ":Ојде дедо во градина\n:Во градина кај цвеќина\n:Таму најде девојчина\n:Та им вели и говори\n:Ај кажете девојчина\n:Која од вас - ќе ме земи.\n:Прва вели и говори\n:А бре дедо стари дедо\n:Избричи си брадичката\n:Подкастри си мустаќите\n:Јас бре дедо ќе те земам\n:Јас бре дедо - ќе те земам.\n:Втора вели и говори\n:А бре дедо стари дедо\n:Продај си ја кобилата\n:Кобилата и колата\n:Јас бре дедо ќете земам\n:Јас бре дедо - ќе те земам.\n:Трета вели и говори\n:А бре дедо стари дедо\n:Запали си куќичката\n:Изгори си бабичката\n:Јас бре дедо ќете земам\n:Јас бре дедо - ќе те земам.\n:Си запали куќичката\n:Си изгоре бабичката\n:Па се врати кај момите\n:А моми ми побегнале\n:Почнал дедо да си плачи\n:Да си плачи да си реди.\n:Стара беше ме крпеше\n:Стара беше ми готвеше\n:Стара беше ме љубеше\n:И, на старост ме топлеше\n:И, на старост ме топлеше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B4%D0%B5%D0%B4%D0%BE_%D0%B2%D0%BE_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 158, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1745", "title": "Песна за Крушевската република", "text": ": Многу крвја многу солзи,\n: земја натопија,\n: многу лисја гора смени\n: машка снага испи,\n: но по таја борба тешка\n: слобода ни бликна.\n: Во илјада деветсто и третата година,\n: се создаде република во славно Крушево,\n: македонска република прва на Балканот.\n: Претседател први беше\n: тој Никола Карев,\n: со македонски војводи сите Илинденци,\n: Даме Груев, Питу Гули и\n: Јане Сандански.\n: За слобода загинаја славните војводи\n: на Македонците завет оставија,\n: да се борат за слобода,\n: за Македонија.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1749", "title": "По друм одам мајче", "text": ": По друм одам мајче,\n: По друм лежам, аман,\n: Друм-перница, мајче\n: Друм-постела.\n: Сношти вечер, мајче,\n: Кога легнав, аман,\n: Кога легнав, мајче,\n: Сон си видов.\n: На раце, ле мајче,\n: На раце спиеше, аман,\n: Ми спиеше едно\n: Лудо младо.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE_%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%BC_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1765", "title": "Се запали пиле Трено одајчето", "text": ": Се запали пиле Трено одајчето\n: Одајчето пиле Трено варосано\n: Не ми е жал пиле Трено за одајчето\n: Тук ми е жал пиле Трено за чекмеџето\n: Внатре беа пиле Трено тапиите\n: Тапиите пиле Трено од ливадите.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D0%A2%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1756", "title": "Разграни гранка маслинка", "text": ":Разграни гранка маслинка, хај, хај, хај,\n:И под маслинка девојче, хај, хај, хај.\n:На гранка вели говори, хај.\n:Три години сум го чекала, хај, хај.\n:Четврта година тој дојде\n:И на девојче зборува.\n:Мажи се моме, мажи се\n:Доста си мома одила.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1748", "title": "Пилето ми пее рано на сабајле", "text": ":Пилето ми пее рано на сабајле,\n:Рано на сабајле, рано пред зори.\n:Па ми ја буди младата невеста,\n:Младата невеста рано да стане.\n:Стани ми, стани ти млада невесто,\n:Стани ми, стани, коња ми спремај.\n:Коња ми спремај, на пат ќе одам,\n:Многу на далку, в'туѓа туѓина.\n:Рачај, порачај, ти млада невесто,\n:Рачај, порачај што да ти купам.\n:Дали пари сакаш или писмо сакаш,\n:Ил'ме мене сакаш дома да дојдам.\n:Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,\n:Туку тебе те сакам дома да дојдеш.\n:Парите се трошат, писмото се кине,\n:А љубовта трае вечно до гроба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D1%98%D0%BB%D0%B5", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1751", "title": "Подранила Цена за вода студена", "text": ":Подранила Цена за вода студена\n:Оф, на моје срце Цено, огин гореше. (2 пати)\n:Рефрен:\n:Оф, Цено, Цено севда големо\n:Изгоре ме Цено мори\n:Запали ме душо.\n:Цениното лице, црвено јаболче\n:Оф, на моје срце Цено, огин гореше. (2 пати)\n:Рефрен:\n:Ценината снага танка половина\n:Оф, на моје срце Цено, огин гореше. (2 пати)\n:Рефрен:\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1759", "title": "Рајна на порти стоеше", "text": ":Рајна на порти стоеше, мила мамо,\n:Рајна на порти стоеше, (2 пати)\n:Либето си го чекаше.\n:Оздола иде млад јунак, мила мамо,\n:Оздола иде млад јунак (2 пати)\n:И носи писмо за Рајна.\n:Рајно ле, моме убаво, леле, убаво,\n:Рајно ле, моме убаво, (2 пати)\n:Носам ти писмо од дружба.\n:Рајна на јунак думаше, леле думаше,\n:Рајна на јунак думаше,\n:Што ќе ми писмо од дружба,\n:кога ми либе загина.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1737", "title": "Ој, Јано, Јано, убава Јано", "text": ": Ој, Јано, Јано, убава Јано,\n: Од едната страна Јано, сонце те грее,\n: Од другата страна Јано, јасна месечина.\n: Сиромаси бевме Јано, сега сме зенгини,\n: Кое фајде Јано мори, оти сме богати,\n: Кога од срцето Јано, ти порода немаш.\n: Дали е од мене или е од тебе,\n: Дали е од бога Јано или е од чинка,\n: Дали е од тебе Јано или е од мене.\n: Мене ми е мајка лудо, луто проколнала,\n: Мајка проколнала, Стојан, клела, говорила.\n: Ој Јано, Јано, леле мила ќерко,\n: Лика спроти тебе Јано, друга да не родиш,\n: Оти ноќе плачеш ќерко, а дење си спиеш,\n: Ти на мајка, мила Јано, многу причинуеш,\n: Од срце порода Јано, ти да не си имаш.\n1 Втора верзија\n: Ој, Јано, Јано, убава Јано,\n: Од едната страна Јано, сонце те грее,\n: Од другата страна Јано, јасна месечино.\n: Сиромаси бевме Јано, сега сме зенгини,\n: Само кое фајде Јано, што сме зенгини,\n: Кога од срцето Јано, ти порода немаш.\n: Дали е од бога Јано или е од чинка,\n: Дали е од тебе Јано или е од мене.\n: Одговоара Јана, убава Јана,\n: Ој Стојане, стопанине, мили мој Стојане\n: Ниту је од бога Стојан, ниту е од чинка\n: Ниту је од тебе Стојан ниту е од мене\n: Куку ме, мене Стојан, мајка проколнала\n: Мајка проколнала, Стојан, клела говорила:\n: Нани ми нани убава ќерко, танка да си мила ќерко,\n: Лика спроти тебе Јано, друга да не родиш,\n: Оти ноќе плачеш ќерко, а дење си спиеш,\n: Ти на мајка, мила Јано, многу причинуеш,\n: Од срце порода Јано, ти да не си имаш.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98%2C_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BE%2C_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BE", "word_count": 259, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1746", "title": "Песна за Христо Узунов", "text": ": И таму е мојта родина,\n: далеку Македонија,\n: јас сакам таму да загинам,\n: а ти ме забрави за век.\n: И таму е мојта мајка,\n: и таму има божи свет,\n: јас сакам таму да загинам,\n: ти ме заборави за век.\n: Не плачи мила моја мајко,\n: не рони солзи крвави,\n: ако Христо Узунов падна,\n: на врагот жив се не даде.\n: Сестрите нема да ми играт,\n: над мојот гроб осамотен,\n: и мајка нема да ми идат,\n: да лее солзи за мене.\n: Не жали мила моја родино,\n: и сите ми другари мој,\n: ако Христо Узунов падна, ---\n: на врагот жив не се даде. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%A3%D0%B7%D1%83%D0%BD%D0%BE%D0%B2", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1753", "title": "Поминаа луди млади години", "text": "Поминаа луди млади години е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Поминаа луди млади години\n:Секоја вечер на тебе мислам еј лудо бре [x2]\n:само се мислам што да ти кажам еј лудо бре. [x2]\n:Рефрен\n:Поминаа луди млади години\n:си ветивне, ама не се зедовме. [x2]\n:Секоја вечер на порти чекам да поминеш [x2]\n:а ти минуваш и не ми збориш не ме гледаш. [x2]\n:Рефрен\n:Ќе мине младост, ќе дојде старост еј лудо бре, [x2]\n:очите тажни мои и твои ќе останат\n:очите тажни мои до века ќе тагуваат.\n:Рефрен\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B0_%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%B8_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8", "word_count": 98, "cyrillic": 0.938}
{"id": "1761", "title": "Са ноќ ми билбил препеа", "text": ":Са ноќ ми билбил препеа, (2 пати)\n:На Катиниот трендафил. (2 пати)\n:Стани ми, стани Катинке,\n:Стани ми, стани девојче,\n:Либето ти се посврши,\n:Од тебе сака проштење.\n:Од мене просто да му е, (2 пати)\n:Од бога проклет са биде,\n:Срцето ми го изгоре.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D1%9C_%D0%BC%D0%B8_%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D0%BB_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%B5%D0%B0", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1757", "title": "Рајна на пенџере седеше", "text": ":Рајна на пенџере седеше\n:И свилен ф'стан си везеше\n:Оф Рајне, Рајне на Мазневи\n:Умрев загинав за тебе\n:Рајна на пенџере седеше\n:Ишарет на Киро му даваше\n:Оф, Киро, Киро на Јарчеби\n:Умрев загинав за тебе\n:Киро на Рајна и’ велеше\n:Елај ми Рајне елај ми\n:Елај ми Рајне при мене\n:Стара љубов да си поврнеме\n:Стара љубов да си поврнеме\n:Ние двајца да се земеме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D1%9F%D0%B5%D1%80%D0%B5_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1755", "title": "Развила гора зелена", "text": "Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n:Развила гора зелена, x2\n:Ништо не влегва јо неја, x2\n:Потам помнале ајдуте, x2\n:Фатија пушки да пукат. x2\n:Нивеста веле говори, x2\n:Запрејте зурли тапани\n:Полна е гора ајдути x3\n:Ништо не влегва jо неја\n:Деверо малој братенче x2\n:Ај ки сја менме рубата\n:Јас ки се сторам деверо\n:Теб ки те прајме нивеста x2\n:Нивеста веле говори x2\n:Јаска можам пушка да држам\n:Јаска можам сабја да вртам. x2\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 87, "cyrillic": 0.884}
{"id": "1762", "title": "Саде ти се чудам, Цвето", "text": ": Саде ти се чудам, Цвето,\n: Како сама спиеш,\n: Еј пиле мори Цвето,\n: Како сама спиеш.\n: Како сама спиеш, Цвето,\n: В шарена одаја,\n: Еј пиле мори Цвето,\n: На железен кревет.\n: Ај викни ме Цвето, мори,\n: Другар да ти бидам,\n: Еј пиле мори Цвето,\n: Другар да ти бидам,\n: Еј јагне мори Цвето,\n: Со тебе да спијам.\n: Со тебе да спијам, Цвето,\n: Уста да ти пијам,\n: Еј пиле мори Цвето,\n: Со тебе да спијам,\n: Еј јагне мори Цвето,\n: Уста да ти пијам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D1%82%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%B4%D0%B0%D0%BC%2C_%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1764", "title": "Се заљубив во девојче убаво", "text": "Се заљубив во девојче убаво е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Се заљубив во девојче убаво\n:Се заљубив во девојче убаво\n:во девојче танка снага очи зелени.\n:Рефрен\n:Леле, леле што е убаво [x2]\n:кој што љуби тој тагува\n:љубовта е слатка измама. [x2]\n:Една вечер јас го сретнав на порти\n:бре девојче лудо младо со друг стоеше.\n:Рефрен\n:Па си појдов во меана да пијам\n:да го смирам мојто срце заљубено.\n:Рефрен\n:Пивнав вино, викнав песна да пеам\n:да си душа од срце тажно развеселам.\n:Рефрен", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B2_%D0%B2%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE", "word_count": 89, "cyrillic": 0.977}
{"id": "1766", "title": "Секој што мине помине", "text": "Секој што мине помине е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Секој што мине помине\n:Секој што мине помине\n:крај наш'то порте, пенџере\n:со една рака мавнува\n:со око ми намигнува. [x2]\n:Да знаат мојте другарки\n:и тие лоши душманки,\n:на мама, тате ќе кажат\n:и кавга ќе ми направат. [x2]\n:Затоа јас и кажувам\n:и на мој'та сестра помала,\n:тој што ќе срце засака\n:јас ќе го љубам довека. [x2]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%98_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B5", "word_count": 74, "cyrillic": 0.959}
{"id": "1771", "title": "Славеј пиле рано пее", "text": "Славеј пиле рано пее е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Славеј пиле рано пее\n:Славеј пиле рано пее\n:рано пее пред зората,\n:па ми буди лудо младо,\n:лудо младо не женето.\n:Стани, стани лудо младо\n:да ми одиш врв планина,\n:таму има до три моми\n:до три моми Македонки.\n:Прва мома дрва бери\n:втора мома оган пали,\n:втора мома оган пали\n:трета мома јагне печи.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%98_%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D0%B5%D0%B5", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1763", "title": "Само ме гледаш, очи ми пиеш", "text": ":Само ме гледаш, очи ми пиеш\n:Но ни збор јас не чув\n:Ти да ми го кажеш.\n:Ах, либе, либе ле (2 пати)\n:Но ни збор јас не чув\n:Ти да ми го кажеш.\n:Рефрен:\n:Дојди, дојди либе\n:Мојте очи да бидат твои\n:Зашто ко цвет ќе увенат\n:Дојди либе ти.\n:Срце и соној дамна ти пленив\n:Но ни збор јас не чув\n:Колку ти ме љубиш\n:Ах, либе, либе ле (2 пати)\n:Но ни збор јас не чув\n:Колку ти ме љубиш.\n:Рефрен:\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%BC%D0%B5_%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%88%2C_%D0%BE%D1%87%D0%B8_%D0%BC%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%88", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1772", "title": "Слегло моме во градина", "text": "Собрале ми се набрале е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Собрале ми се набрале\n:Собрале ми се набрале\n:седумдесет млади војводи\n:на зелената рамнина (на скоринската рамнина)\n:на високата пољана (во таа ладна меана).\n:Лута ракија пиеја\n:тешко си клетва зедоја\n:кој ќе се браќа разболе\n:на раце да го носиме.\n:Разболел ми се млад Гоце\n:млад Гоце Делчев војвода\n:и на дружина говори\n:дружино верна говорна\n:Кога ќе вие минете\n:низ моја града Кукуша\n:на моја мајка да и кажете\n:оти сум младо загинал [x2]\n:за жална Македонија.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BB%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 96, "cyrillic": 0.989}
{"id": "1767", "title": "Сестра моли брата за вечера", "text": "Сестра моли брата за вечера е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Сестра моли брата за вечера\n:Сестра моли брата за вечера\n:ајде, ајде брате да вечераме. [x2]\n:Вечерајте сестро не чекајте ме\n:јас сум билои сестро у меана. [x2]\n:Јало пило сестро сум се опило\n:голем зулум сестро сум направило [x2]\n:сум заклало еден син на мајка\n:сега они барат крвнината. [x2]\n:Ајде, ајде брате да вечераме,\n:за крвнина брате колај бива. [x2]\n:Сестра има брате девет сина,\n:едно сине мајка ќе прежали. [x2]\n:Цел ноќ седи мајка солзи рони\n:кое сине мајка да прежали. [x2]\n:Прежалила мајка најмалото,\n:најмалото мајка нај убавото. [x2]", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8_%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B0", "word_count": 106, "cyrillic": 0.924}
{"id": "1774", "title": "Сношти минав покрај вази", "text": ": Сношти минав покрај вази,\n: тебе моме не те најдов,\n: срце ми се растрепери,\n: почнав солзи да ронам. 2х\n: Сечи моме руси коси,\n: прави скала да се качам,\n: да ти видам бело лице,\n: ем рудото ти грло. 2х\n: Кажи моме вистината,\n: љубиш ли ме, мамиш ли ме,\n: ил сос' мен се подиграваш,\n: да ти мине времето. 2х\n: Ах да можам да разберам,\n: була ли си, ил' Гркина\n: ил' си моме Македонка,\n: што си толку убава. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%B2%D0%B0%D0%B7%D0%B8", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1773", "title": "Слушам кај шумат шумите", "text": ": Слушам кај шумат шумите,буките 2х\n: Слушам кај шумат буките 2х\n: плачат за војводата,капиданот.\n: Другари верни другари Македонци\n: кога низ село врвите,врвите\n: кога низ село врвите -----\n: со коњи да не тропате,не тропате. 2х\n: Со коњи да не тропате,тропате 2х\n: со коњи да не тропате -----\n: со пушки да не фрлате,не фрлате. 2х\n: Да не ве чуе мајка ми старата 2х\n: да не ве чуе мајка ми ----\n: ќе ве праша за мене аман за мене. 2х\n: Каде е син ми Костадин,Костадин 2х\n: каде е син ми Костадин ----\n: Костадин војводата капиданот. 2х\n: Син ти се мајко ожени,ожени 2х\n: син ти се мајко ожени -----\n: за една Македонка робинка. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0%D0%BC_%D0%BA%D0%B0%D1%98_%D1%88%D1%83%D0%BC%D0%B0%D1%82_%D1%88%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 117, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1769", "title": "Сите девојчиња, мамо, се мажија", "text": ":Сите девојчиња, мамо, се мажија,\n:Најубави момци зедоа;\n:А јас најмалата, најубава мома,\n:Си останав, мамо, без к'смет.\n:Јас си го зедов младото бекривче,\n:Што ми пие вино, ракија,\n:Везден ми оди, мамо, по меани,\n:Пие, лумпува, лумпува до зори.\n:Сека вечер, либе, одам по меани,\n:Се за таа пуста ракија,\n:А кога се враќам, либе, од меана,\n:Удри, мавај, мавај по мене.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0%2C_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE%2C_%D1%81%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%B6%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1760", "title": "Распукала Шар Планина", "text": ": Распукала, распукала Шар Планина,: Ајде, распукала, распукала Шар планина.: Ми потвати, ми потвати три овчара,: Ајде, три овчара, три овчара - три чобана.: Први овчар, први овчар ѝ се моли, : Пушти мене, пушти мене Шар Планино,: Имам жена, имам жена што ме жали,: Ајде, имам жена, имам жена што ме жали.: Втори овчар, втори овчар ѝ се моли,: Пушти мене, пушти мене Шар планино,: Имам сестра, имам сестра - ќе ме жали,: Ајде, имам сестра, имам сестра - ќе ме жали.: Трети овчар, трети овчар ѝ се моли,: Пушти мене, пушти мене Шар планино,: Имам мајка, имам мајка - ќе ме жали,: Ајде, имам мајка, имам мајка - ќе ме жали.: Жена жали, жена жали шест недели,: Ајде, сестра жали, сестра жали до година,: Мајка жали, мајка жали, дур до века: Ајде, мајка жали, мајка жали дур до гроба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%83%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%A8%D0%B0%D1%80_%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 139, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1744", "title": "Песна за Деспина", "text": ": Голема риџа ти чинам\n: ти кира Марије\n: и јас те поздравјам\n: да ми дојдеш на визита,\n: јас да те пречекам 2х\n: Не можам јас да ти дојдам\n: кира Катерино\n: и јас те поздравјам\n: ќе ти ја пратам сестра ми\n: кира Катерина. 2х\n: Чукна тропна на портето\n: кира Катерина\n: отвори Деспина,\n: не се спушти ни мајкае,\n: ја фати раката,\n: во раката меџидија\n: нишан за Деспина.\n: Нишан ти давам Деспино,\n: да не ме заборавиш\n: поминаја три години\n: ти ме заборави. 2х\n: Појди горе во одаја,\n: тетко Катерино\n: и јас те поздравјам\n: ем благо да си земиш,\n: кафе да си пиеш.\n: Јас благо не ви љубам,\n: кафе не ви пијам,\n: само ја сакам Деспина\n: за кир Ристакија. 2х\n: Кој го љубел бармакот\n: бармак,\n: Димитри чапкунот\n: тој те вртил три години\n: и пак не те зеде. 2х\n: Во сабота навечер\n: на осум саати\n: свири Караѓуле\n: брзо наврати порта\n: ти кира Маријо,\n: Деспина ќе ја грабиме\n: никој да не знае.\n: Немој Марие нечини\n: резил да не биде.\n: Колку ѕвезди на небото,\n: пушки ќе фрламе\n: сватови ќе донесат,\n: Деспина ќе ја грабиме\n: никој да не знае.\n: Немој Марие нечини\n: резил да не биди.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%94%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 192, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1779", "title": "Срце ме боли ќе умрам", "text": ": Срце ме боли ќе умрам\n: Јандум аман од мерак за Трпана\n: Сите градови ги шетав\n: Јандум аман како тебе не најдов\n: Па си се вратив в Тетово\n: Јандум аман да си га видам Трпана\n: Ако ме сакаш,сакај ме јандум аман\n: Ако ме нејќиш кажи ми.\n: Ако ме нејќиш кажи ми,јандум аман\n: Да си го тражим чарето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D1%86%D0%B5_%D0%BC%D0%B5_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B8_%D1%9C%D0%B5_%D1%83%D0%BC%D1%80%D0%B0%D0%BC", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1768", "title": "Си заљубив едно моме", "text": "Си заљубив едно моме е македонска народна песна. Песната е преработена од македонската етно група Леб и сол, на нивниот втор албум во живо насловен „Live in New York“.\n: Си заљубив едно моме\n: од малечко до големо,\n: дојде време да го земам, оф аман, аман,\n: падна моме, се разболе.\n: Јас отидов да ја видам,\n: ми побара понудица,\n: среде зима бело грозје, оф аман, аман,\n: среде лето - жолта дуња.\n: Јас отидов во чаршија,\n: да побарам понадица,\n: среде зима бело грозје, оф аман, аман,\n: среде лето - жолта дуња.\n: Ко се вратив од чаршија,\n: сретнав моме на носилка,\n: двесто давам - спуштете ја,оф аман, аман,\n: тристо давам - да ја видам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8_%D0%B7%D0%B0%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B2_%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 112, "cyrillic": 0.964}
{"id": "1780", "title": "Стани запали Тинке борина", "text": ":Стани запали Тинке борина\n:Да не ти влезам Тинке в'темнина (2 пати)\n:Јас ќе си земам Тинке појасот\n:Да не ти грешам Тинке коланот (2 пати)\n:Јас ќе си земам Тинке појасот\n:Да не ти грешам Тинке герданот (2 пати)\n:Влези си лудо море земи си\n:Мојот се гредан лудо познава (2 пати)\n:Колку камчиња лудо по земи\n:Толку е сребро лудо на него (2 пати)\n:Стани запали Тинке борина\n:Да не ти влезам тинке в'темнина (2 пати)\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%A2%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B5_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 85, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1776", "title": "Собрале ми се набрале", "text": "Собрале ми се набрале е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Собрале ми се набрале\n:Собрале ми се набрале\n:седумдесет млади војводи\n:на зелената рамнина (на скоринската рамнина)\n:на високата пољана (во таа ладна меана).\n:Лута ракија пиеја\n:тешко си клетва зедоја\n:кој ќе се браќа разболе\n:на раце да го носиме.\n:Разболел ми се млад Гоце\n:млад Гоце Делчев војвода\n:и на дружина говори\n:дружино верна говорна\n:Кога ќе вие минете\n:низ моја града Кукуша\n:на моја мајка да и кажете\n:оти сум младо загинал [x2]\n:за жална Македонија.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5", "word_count": 91, "cyrillic": 0.989}
{"id": "1777", "title": "Собрале ми се набрале нашите лични ергени", "text": ":Собрале ми се набрале\n:Нашите лични ергени\n:Оф, леле мале ле\n:На орото да одат\n:Оф, леле мале ле\n:Убави моми да лажат.\n:Ергени оро фатија\n:Момите ми се пуштија\n:Оф, леле мале ле\n:Пусти ми биле ергени\n:Оф, леле мале ле\n:Застрамија момите.\n:Ерген на моми думаше\n:Елате моми на оро\n:Оф, леле мале ле\n:Невеста да си бендисам\n:Оф, леле мале ле\n:Убава мома гиздава.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8_%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B8", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1775", "title": "Сношти си мамо поминав", "text": ":Сношти си мамо поминав\n:Крај студен бисер, мамо, кладенец.\n:Тамо си, мамо мори, јас најдов\n:Девојче танко мамо високо.\n:Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво,\n:Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво.\n:На студен камен, мамо, седеше,\n:Бело си лице, мамо, миеше.\n:Бело си лице, мамо, миеше,\n:Руса си коса мамо чешлаше.\n:Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво,\n:Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво.\n:Руса си коса мамо чешлаше,\n:На мене ишарет ми даваше.\n:Иди ја, мамо мори, посакај\n:Дај ќе ја дадат, мамо, за мене.\n:Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво,\n:Хеј моме, хеј моме, хеј моме убаво.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D1%81%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2", "word_count": 108, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1778", "title": "Сокол ми лета високо", "text": ":Сокол ми лета високо,\n:Мори девојко,\n:Сокол ми лета високо,\n:Над таја града Кукуша.\n:Мори девојко,\n:Над таја града Кукуша.\n:Над Делчевите дворови,\n:Мори девојко,\n:Делчево либе убаво,\n:Рамни дворови метеше,\n:Мори девојко,\n:Рамни доворови метеше,\n:И дробни солзи ронеше.\n:Жално го Гоце тажеше,\n:Мори девојко,\n:Дека е Гоце загинал,\n:Во тоа село Баница.\n:Мори девојко.\n:За мачна Македонија\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB_%D0%BC%D0%B8_%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%BE", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1781", "title": "Стани моме да заиграш", "text": ": Стани моме да заиграш\n: да те гледам весел јас,\n: чифте, чамче игриво\n: наше оро убаво. 2х\n: О панинанинај нинај нај\n: нинанај мило моме нинанај 2х\n: Изви моме снагата ти\n: твојта снага убава,\n: да те гледам да пејам\n: оти само еднаш живеам. 2х\n: О панинанинај нинај нај\n: нинанај мило моме нинанај. 2х\n: Само еднаш се живее\n: н’ овој живот лажовен,\n: дур сум сум жив да се радвам\n: и да умрам да не жалам. 2х\n: О панинанинај нинај нај\n: нинанај мило моме нинанај. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nel:Σήκω χόρεψε κουκλί μου\ntr:Kalenin Bedenleri", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%B4%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%88", "word_count": 98, "cyrillic": 0.917}
{"id": "1785", "title": "Те видов тебе и се заљубив", "text": ": Те видов тебе и се заљубив\n: и сакав да те имам јас.\n: и срцето да ти го подарам\n: пак не можам се да искажам. х2\n: Гласот твој е ангелски\n: па дури пее ти се нежни.\n: Тешко е да те слушам јас\n: срце имам но ќе изгаснит. х2\n: И твојата убава руса коса\n: сплетена е со мека коприна.\n: Не си вода да те испијам\n: а ни река да те препливам. х2\n: Дење и ноќе на тебе мислам јас\n: а ангел мој за тебе умирам.\n: И светот кога би се изменил\n: ти ќе бидеш моја пак моја. х2\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B5_%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2_%D1%82%D0%B5%D0%B1%D0%B5_%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B2", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1784", "title": "Таму долу Криволачко, Црвени Брегови", "text": ":Таму долу Криволачко, Црвени Брегови\n:Падна јунак за слобода, за Македонија.\n:Со крвничка полиција борба водеше,\n:Цел ден он се сражуваше и им викаше:\n:Ви крвници на народот, надвор од тука\n:Македонија се дига, вас да истера.\n:Ја сум чесен македонец, крв македонска,\n:Ваште раце не се давам, сам се убивам.\n:Спи спокојно наш јунаку, Никола Петров.\n:Ти загина за слобода, за Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D0%BC%D1%83_%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D1%83_%D0%9A%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%BE%2C_%D0%A6%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%91%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1787", "title": "Тешка беше нашата разделба", "text": ":Збогум мила дојде време\n:Јас од тебе да се разделам\n:Јас пак беден роден сум без к'смет\n:Се со мака тага голема.\n:Тешка беше нашата разделба\n:Кога тргнав од твојот роден крај\n:Мојте солзи патот го топеја\n:По патот за непознат крај.\n:Дојдов тука како јабанџија\n:Далеку од својот роден крај\n:Срце плаче нигде среќа нема\n:Тежок гурбет тага голема.\n:Ако бог да и ја са да се вратам\n:Тебе Стојне да те прегрнам\n:Да ти кажам мојте маки\n:Мојте маки таги големи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D1%88%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1786", "title": "Те сакам песно македонска", "text": "Те сакам песно македонска е македонска авторска песна на Јанко Узунов.\n1 Текст на песната\n:Те сакам песно македонска\n:Љубов си ми ти,\n:младост си ми ти,\n:песно убава\n:јас без тебе\n:знај не можам.\n:Радост си ми ти,\n:тага си ми ти,\n:песно убава\n:што и да си\n:ти моја си.\n:Рефрен\n:Те сакам песно македонска, македонска\n:љубов моја ти песно македонска.\n:Те сакам песно македонска, македонска\n:младост моја ти песно македонска.\n:Љубов си ми ти,\n:младост си ми ти,\n:песно убава\n:јас без тебе\n:знај не можам.\n:Цвеќе си ми ти\n:ѕвезда си ми ти,\n:песно убава\n:што и да си\n:ти моја си.\n:Рефрен\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B5_%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BC_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1783", "title": "Сулиман ага", "text": "Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.\n:Сулиман ага има џанам,\n:дванајсе чифлици x2\n:Чифлиците дава џанам,\n:Ленка не ја дава. x2\n:Јоти Ленка била џанам\n:тенка ем висока x2\n:тенка ем висока џанам\n:Бела ем црвена x2\n:Сулиман ага има џанам\n:Три илјади овци x2\n:Овците и дава џанам\n:Ленка не ја дава x2\n:Јоти Ленка била џанам\n:тенка ем висока x2\n:тенка ем висока џанам\n:Бела ем црвена x2\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%83%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD_%D0%B0%D0%B3%D0%B0", "word_count": 80, "cyrillic": 0.899}
{"id": "1791", "title": "Три години либе ние се сакавме", "text": ":Три години либе ние се сакавме либе Мариче\n:Лоша дума либе ние не рековме\n:за да се разделиме.\n:Сека вечер либе ти ми зборуваше либе Мариче\n:Ќе те земам либе јазе за невеста век да векуваме.\n:Кажи, кажи либе што ти се стори\n:та што ме заборави\n:Три годони станаја откако ме заљуби,\n:либе Стојане.\n:Не сум те бре либе јазе, забравило либе Мариче\n:Туку црна земја лице ми покрило,\n:та сум те забравило.\n:Туку црна земја лице ми покрило,\n:за Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5_%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%B2%D0%BC%D0%B5", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1790", "title": "Тргнала ми мома Рума", "text": ":Тргнала ми мома Рума\n:Низ гора зелена,\n:И по неа Стојан овчар\n:С меден кавал свири.\n:Рефрен:\n:Руме моме, Руме изгорев за тебе.\n:Со кавали свири Стојан овчар,\n:Ситна роса паѓа,\n:И на Рума подвикува:\n:Стој причекај Руме.\n:Рефрен:\n:Руме моме, Руме умирам за тебе.\n:Ќе ти колам рудо јагне\n:Дали би ме зело?\n:Зело би те зело лудо\n:Ама куќа немаш.\n:Ќе ти купам свилен дулак\n:Дали ќе го носиш?\n:Не купувај не арчи се\n:Тебе не те сакам.\n:Рефрен:\n:Руме моме, Руме умирам за тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%A0%D1%83%D0%BC%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1798", "title": "Фато мори душманке", "text": "Фато мори душманке е песна од композиторот Наско Џорлев.\n1 Текст на песната\n:Либето ми го зеде ти\n:рана на срце ми остави.\n:Рефрен:\n:А, а,... Фато мори душманке\n:леле катилке\n:А, а,... Фато мори душманке\n:проклета да си.\n:Многу време се љубевме\n:но за еднаш ме остави.\n:Рефрен\n:Среќна не ќе бидеш ти\n:кога лудо те колнам знај.\n:Рефрен\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D0%B0%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1792", "title": "Туѓината пуста да остане", "text": ":Туѓината пуста да остане,\n:Таа од либето ме раздели.\n:Таа од либето ме раздели,\n:Што го љубев време три години.\n:Сите печалбари си дојдоа\n:Само мојто либе не се врати.\n:Ќе ве прашам млади печалбари\n:Дали го видовте мојто либе.\n:Дали го видовте мојто либе\n:Од печалба дома да си иде?\n:Дење ноќе на порти го чекам\n:Везден плачам и на него мислам.\n:На трета година писмо прати\n:И ми пише нема да се врати.\n:Не се враќа друга си заљубил\n:И за неа тој си се оженил.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%83%D1%93%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1788", "title": "Тинка иди од Битола", "text": ":Тинка иди од Битола\n:Јонче иди од работа\n:Море бре, море Јонче\n:Леле бре, леле Тинке\n:Јонче иди од работа.\n:Рефрен:\n:Ајде Тинке елај ти либе ле\n:Да те земам за невеста.\n:Се сретиле меѓу Ресен\n:Меѓу Ресен и Јанковец\n:Море бре, море Јонче\n:Леле бре, леле Тинке\n:Меѓу Ресен и Јанковец.\n:Рефрен:\n:Тинка му вели на Јончета\n:Запри го Јонче твојто коњче\n:Море бре, море Јонче\n:Леле бре, леле Тинке\n:Запри го Јонче твојто коњче.\n:Рефрен:\n:Ајде Тинке ајде душо\n:Со едната рака, ќе го терам -2\n:Со другата ќе те гушкам.\n:Море бре, море Јонче\n:Леле бре, леле Тинке\n:Со другата ќе те гушкам.\n:Рефрен:\n:Ајде Тинке, елај ти либе ле\n:Да те земам за невеста\n:Сакам, Јонче, сакам бре\n:Либе ле,\n:Да ти бидам јас невеста.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%B8%D0%B4%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 134, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1794", "title": "У ливаду потке наше моме кротке", "text": ":У ливаду потке наше моме кротке, кротке,\n:Диду лиду, лиду, диду да ги виду.\n:Испред куќу треске нашсе моме тешке, тешке,\n:Диду лиду, лиду, диду да ги виду.\n:Пуна каца слибке наше моме дивке, дивке,\n:Диду лиду, лиду, диду да ги виду.\n:У избата крушке наше моме друшке, друшке,\n:Диду лиду, лиду, диду да ги виду.\n:У ливаду пушке наше моме мушке, мушке,\n:Диду лиду, лиду, диду да ги виду.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3_%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D1%83_%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%BA%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1793", "title": "Туљо бре, туљо Салтано", "text": ":Туљо бре, туљо Салтано, оф, ле, ле,\n:Кој ми те тебе прелага\n:Оф, аман, ле, ле, ле,\n:Кој ми те тебе прелага?\n:Мене ме лага прелага, оф, ле, ле,\n:Поповото слугинче\n:Оф, аман, ле, ле, ле,\n:Поповото слугинче.\n:Лага ме лага предлага, оф, ле, ле,\n:За една рака бадеми\n:Оф, аман, ле, ле, ле,\n:За една рака бадеми.\n:За една рака бадеми, оф, ле, ле, ле,\n:И тие беа шупливи\n:Оф, аман, ле, ле, ле,\n:И тие беа шупливи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%83%D1%99%D0%BE_%D0%B1%D1%80%D0%B5%2C_%D1%82%D1%83%D1%99%D0%BE_%D0%A1%D0%B0%D0%BB%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1795", "title": "Учи ме мајко карај ме", "text": "Учи ме мајко карај ме е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Еееј, учи ме мајко карај ме\n:како да ја земам Лилјана\n:Лилјана мома убава\n:Лилјана тенка висока\n:Лилјана бела црвена\n:Лилјана ситен босиљок\n:Лилјана една на мајка.\n:Учам те синко карам те\n:како да ја земиш Лилјана\n:повикај триста мајстори\n:направи чешма шарена\n:наврати вода студена\n:сите селани ќе дојдат\n:и Лилјанини другарки\n:ем сите калеш невести\n:белким Лилјана ќе дојде.\n:Послуша Стојан мајка си\n:повика триста мајстори\n:направи чешма шарена\n:наврати вода студена\n:сите селани дојдоа\n:и Лилјанини другарки\n:ем сите калеш невести\n:Лилјана не дојде.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%87%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1797", "title": "Фатила зима", "text": "Фатила зима е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Фатила зима, зима голема,\n:зима голема, снег до колена,\n:покрила гора, гора зелена,\n:гора зелена, шума бујата.\n:Запаша Стојна бомби, фишеци,\n:бомби, фишеци, шмајзер на рамо.\n:Тргнала Стојна во гора зелена,\n:во гора зелена, шума бујата.\n:Таму ги најде нејните другари,\n:нејните другари, млади партизани,\n:нејните другари, млади партизани,\n:нејните другарки, млади партизанки.\n:Еј вие, другари, млади партизани,\n:млади партизани, млади партизанки,\n:дали го видовте моето братче,\n:моето братче и моето либе?\n:Ние ги видовме твоето братче,\n:твоето братче и твоето либе,\n:ние ги видовме во Прилепа града\n:борба водеа со фашистите.\n2 Види исто така\n* Од борбата/ 21 песна", "subject": ["Македонски партизански песни", "Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%B7%D0%B8%D0%BC%D0%B0", "word_count": 110, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1796", "title": "Фанче ојде во Калишта", "text": "Фанче ојде во Калишта е македонска народна песна.\n1 Текст на песната\n:Фанче ојде во Калишта\n:во Калишта на панаѓур. [2х]\n:Нигде место не ми најде\n:ми кандиса под скалата\n:под скалата в одајчето\n:в одајчето, зад ајчето.\n:Што му рече на Димитрија\n:ај Димитри, кир Димитри\n:ај да ојме на визита\n:на визита кај кир Коста\n:кај кир Коста од Белета.\n:Таму имат чалгаџии\n:тамо свирит Караѓуле\n:Караѓуле со тајфата.\n:Свири, свири Караѓуле\n:да поиграт кира Фанче\n:кира Фанче едно чамче\n:едно чамче елбасанче.\n:Не го знаит кира Фанче\n:кира Фанче пусто чамче\n:пусто чамче елбасанче.\n:Свири, свири Караѓуле\n:дан' ти го земам кемането\n:дан' ти го удрам од главата\n:дан' ти го фрлам в езерото\n:дан' ти го јадат и рибите\n:и рибите летниците.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5_%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0", "word_count": 126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1800", "title": "Црно му било пишано на Александро Турунџев", "text": ": Црно му било пишано\n: на Александро Турунџе\n: шеснајгодишен војвода\n: на седумнајста го фатија.\n: Бог да убие кодошот,\n: кодошот Митре Гинката,\n: што го предаде Турунџе,\n: тој неустрашен бунтовник.\n: Тој го предаде Турунџе,\n: за сто и пејсет жолтици,\n: тој го предаде Турунџе,\n: на тие клети душмани.\n: Го турија во зандани,\n: во тие темни долапи,\n: со тешки франги на раце,\n: и дробен синџир на гуша.\n: Го изведоа на Ат-пазар,\n: му ја кажаја бесилката,\n: цела се Битола расплака,\n: за Александро Турунџе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D1%83_%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%83%D0%BD%D1%9F%D0%B5%D0%B2", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1803", "title": "Зошто си ме мајко родила", "text": ": Зошто си ме мајко родила, оф леле,\n: Цел живот не си ме видела,\n: Ти си машко чедо родила, оф леле,\n: И на друг си мајко радост дарила,\n: Леле, оф аман, леле, леле,\n: И на друг си мајко радост дарила.\n: Се рецитира:\n: Дење, ноќе одам, скитам јас, леле, леле,\n: Пеам, свирам, играм и плачам,\n: Твојот лик го гледам секој пат,\n: Оф леле, леле . . . .\n: На тебе долгови ти враќам јас,\n: Оф аман, аман, аман . . . .\n: На тебе долгови, долгови ти враќам јас.\n: Херој биди мила мајко ти, леле ле . . .\n: Што си среќна ѕвезда родила,\n: Јас ќе светам мила мајко како сјај, оф леле . . .\n: За мојот мила мајко, роден крај,\n: Леле, оф аман, леле леле . . .\n: За мојот мила мајко, роден крај.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B0", "word_count": 122, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1789", "title": "Трба трби Гевгелија", "text": ": Трба трби Гевгелија\n: сите Турци надавија х2\n: од јунака Леонида.\n: Цар испратил до три војски\n: до три војски сè ти разби.\n: Прва војска Гевгелиска\n: втора војска е Дорјанска х2\n: трета војска е Струмичка,\n: ќе го барат Леонида,\n: Леонида баш комита.\n: Го бараја во Богданско\n: го најдоја во Ѓавочко х2\n: во Ѓавочко во Ѓурѓов Дол,\n: јунак лежи в постилата,\n: срце му е динамита х2\n: враце држи револвера\n: бој започна од сабајле\n: од сабајле дур до вечер,\n: триста души убиени,\n: а ранети не броени.\n: Проговара Јуз-башија\n: еј јунаку Леонида\n: предај ми се ти на мене\n: да те видам кај Султанот\n: тој да види каков јунак\n: ќе ти даде многу пари.\n: Одговара Леонида,\n: слушај мене Јуз-башијо\n: елај ваму понаваму\n: да ти кажам два три збора х2\n: два три збора Македонски.\n: Голем страм е за комита\n: жив да падне в турски раце\n: таква правда турска правда\n: три илјади на три мина\n: останаа два патрона\n: еден за теб втори за мен.\n: Си извади револвера\n: па го стрела Јуз-башија х2\n: и на крајот сам се убил.\n: Живот даде Леонида\n: за Македонија мила.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B1%D0%B0_%D1%82%D1%80%D0%B1%D0%B8_%D0%93%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 184, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1830", "title": "Константин Миладинов/ Желание", "text": ":Кога ке доит при мене!\n:Кога ке седнит до мене!\n:Така си велеф ката ден.\n:Ја кога дојде у мене -\n:как ке излеза пред неја!\n:Да не би дошла никога!\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Желание", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%96%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5", "word_count": 45, "cyrillic": 0.977}
{"id": "1799", "title": "Црна се чума зададе", "text": ": Црна се чума зададе\n: там долу Демир Капија\n: там жална Македонија.\n: Кој ќе се јунак одбере\n: чумата да ја пропади?\n: Избрал се Делчев, Гоце војвода,\n: он ојде в Македонија,\n: чумата да ја пропади\n: од жална Македонија.\n: Кој иде горе низ гора,\n: дал ми се Турци поганци?\n: Не ми се Турци поганци,\n: тук ми се одбор дружина,\n: ранет ми другар носеа.\n: Со куршум јунак пронижан\n: од лева страна во срце,\n: млад Делчев, Гоце војвода.\n: Делчев дружина говори:\n: ---Дружино, верна зговорна,\n: вие ќе утре врвите,\n: кому ќе ме оставите,\n: водичка да ми подаде,\n: срцето да си разладам,\n: устата да си расвкасам?\n: Дружино, мои комити,\n: кога ќе вие минете\n: низ моја града Кукуша,\n: мајка ми ќе ве пречека,\n: за мене ќе ве опита:\n: ---Дека е Делчев војвода?\n: вие нејзе ќе и кажете:\n: ---Делчев се јунак посврши,\n: за црна земја робинка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%BC%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D0%B4%D0%B5", "word_count": 142, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1829", "title": "Константин Миладинов/ Голапче", "text": ":Голапче, мало хубаво, голапче златокрилесто,\n:кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна?\n:Уште ја глас ти не слушнаф, уште те арно не видоф.\n:Дан' ми се, мило налјути? Дан' ми се добро насрди\n:заш не ти хубост пофалиф? заш не ти крилја помазниф?\n:Ела ми, мило, ела ми, ела ми сега при мене.\n:Ја ке ти хубос пофалам, и ке ти крилја помазнам,\n:ја ке те тебе назобам се со дробнаго бисера,\n:ја ке те чува секога, мое ми мило, в пазува!\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Голапче", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BF%D1%87%D0%B5", "word_count": 100, "cyrillic": 0.99}
{"id": "1834", "title": "Кирил Пејчиновиќ/ Епитаф", "text": ": Стихови на глас трпезечки.\n: Теарце му негово рождение\n: Пречиста и Хиландар пострижение\n: Лешок му е негоо воспитание\n: Под плочава негоо почивание\n: От негово свое отшествие\n: До Христово второ пришествие\n: молит вас браќа негои лјубимија\n: Хотјастија прочитати сија\n: Да речете: Бог да би го простил\n: Зере у гроб црвите ги гостил\n: Овде лежи Кирилово тело\n: У манастир и у Лешок село\n: Дај Бог за добро дело.", "subject": ["Кирил Пејчиновиќ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB_%D0%9F%D0%B5%D1%98%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C/_%D0%95%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%84", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1828", "title": "Константин Миладинов/ Бисера", "text": ":Бисеро моме, Бисеро,\n:што носиш бисер на грло?\n:Твоето грло хубаво\n:и от дробнаго бисера\n:хилјада пати побело.\n:Бисеро моме, Бисеро,\n:зошто со бисер покриваш\n:твоето грло хубаво?\n:Ја нејку бисер да баца,\n:тук сака твоето грло.\n:Бисеро моме, Бисеро,\n:за кого нижиш бисерот?\n:За кого готвиш дарои?\n:Ја дарој бисер не сака,\n:тук сака мома Бисера.\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Бисера", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%91%D0%B8%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 0.986}
{"id": "1827", "title": "Константин Миладинов", "text": "Константин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, 18 јануари 1862) е македонски собирач на народни умотворби и поет. Тој е првиот македонски лирски поет и основоположник на македонската поезија. Со неговата песна „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.\n1 Песни\n*Бисера\n*Голапче\n*Желание\n*Тâга за југ\n*Не - непијам\n*Шупељка\n*Думание\n*Клетва\n*Скрсти\n*Побратимство\n*Сираче\n*На сâнцето\n*Еѓуптин делиа\n*На чуждина\n*Грк владика на Болгарите\n1.1 Збирки\n* Зборник на Миладиновци\n1.2 Писма\n* До бугарското настојателство\n* Писмо до Георги Раковски\n* Писмо до Георги Раковски\n2 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Автор:Константин Миладинов", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2", "word_count": 112, "cyrillic": 0.99}
{"id": "1782", "title": "Сторил ниет Зајко", "text": ": Сторил ниет Зајко, Зајко да се жени, : Зајко Кокорајко, токмо младожења : Сторил ниет Зајко, Зајко да се жени,: Зајко Кокорајко, Зајко сербеслија,: напрчил мустаќи, си натресол гаќи,: нагрнал џамадан, капа писќулија,: море, токму младожења.: Дејгиди ерген, Зајко бре,: ерген мераклијо: Ми оженил Зајко Лиса удовица: светска испосница, личи на невеста.: Ми поканил Зајко, китени сватови: мечка месарија, волчица кумица,: ешко тапанџија, жаба зурлаџика, : овен есавџија, Мурџо аберџија,: море, се’ лични сватови.: Се накити Лиса, Лиса удовица,: маза размазана, селска визитарка.: Па си тргнал Зајко низ Солунско поле: там' си сретнал Зајко до два-три ловџии: ем они си носат пушки сачмајлии,: 'рти ем загари, се одбор ловџии,: море силни нишанџии.: Дејгиди ерген, Зајко бре,: ерген мераклијо : Кога виде Зајко, 'рти ем ловџии,: се уплашил Зајко, личен младожења: Па си летнал Зајко, Зајко да ми бега,: Зајко Кокорајко, личен младожења: си искинал гаќи, размрсил мустаќи,: искинал џамадан, викнал се, провикнал:: море не сум младожења!: Дејгиди ерген, Зајко бре,: ерген мераклијо\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BB_%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82_%D0%97%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 164, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1832", "title": "Викиизвор:Автори-П", "text": "1 Па\n*Блаже Павловски\n*Божин Павловски\n*Јован Павловски\n*Радован Павловски\n*Димитар Пандев\n*Антон Панов\n*Борче Панов\n*Доне Пановски\n2 Пе\n*Кирил Пејчиновиќ\n*Бранко Пендовски\n*Радослав Петковски\n*Трајан Петревски\n*Горјан Петрески\n*Христо Петрески\n*Митко Петро\n*Том Пецинис\n3 Пл\n*Владимир Плавевски\n*Јордан Плевнеш\n*Благоја Ристески - Платнар\n4 По\n*Видое Подгорец\n*Ванчо Полазаревски\n*Антон Попов\n*Стале Попов\n*Александар Поповски\n*Анте Поповски\n*Глигор Поповски\n*Лазар Поп-Трајков\n5 Пр\n*Григор Прличев\n*Александар Прокопиев\n6 Пу\n*Васил Пујовски", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%9F", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1843", "title": "Македонски народни песни/ Гукни ми гукни гугутко", "text": ": Еј, гугутка гуга у гори\n: Невеста шета по двори (х2)\n: Еј, гукни ми гукни гугутко\n: и јас сум така гугало\n: и јас сум така гугало\n: кога сум било при мама.\n: Еј, кога ме мама миеше,\n: бело ми лице цавтеше,\n: бело ми лице цавтеше,\n: руса ми коса растеше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%93%D1%83%D0%BA%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B8_%D0%B3%D1%83%D0%BA%D0%BD%D0%B8_%D0%B3%D1%83%D0%B3%D1%83%D1%82%D0%BA%D0%BE", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1831", "title": "Константин Миладинов/ Т’га за југ", "text": ":Орелски крилја как да си метнех\n:и в наши стâрни да си прелетнех!\n:На наши места ја да си идам,\n:да видам Стамбол, Кукуш да видам,\n:Да видам дали сâнце и тамо\n:мрачно угревјат, како и вамо.\n:Ако как овде сâнцето ме стретит,\n:ако пак мрачно сâнцето светит:\n:На пâт далечни ја ке се стегнам,\n:и в други стâрни ке си побегнам,\n:каде сâнцето светло угревјат,\n:каде небото ѕвезди посевјат.\n:Овде је мрачно и мрак м' обвива\n:и темна мâгла земја покрива:\n:мразој и снегој, и пепелници,\n:силни ветришта и вијулици,\n:Околу мâгли и мразој земни,\n:а в’гради студој, и мисли темни.\n:Не, ја не можам овде да седам!\n:Не, ја не можам мразој да гледам!\n:Дајте ми крилја ја да си метнам\n:и в наши стâрни да си прелетнам:\n:на наши места ја да си идам,\n:да видам Охрид, Струга да видам.\n:Тамо зората греит душата\n:и сâнце светло зајдвит в гората.\n:Тамо дарбите природна сила\n:со сâта раскош ги растурила:\n:Бистро езеро, гледаш, белеит\n:или од ветар синотемнеит:\n:поле погледниш, или планина\n:-сегде Божева је хубавина.\n:Тамо по срце в кавал да свирам,\n:сâнце да зајдвит, ја да умирам!\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Тъга за юг", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%A2%E2%80%99%D0%B3%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D1%98%D1%83%D0%B3", "word_count": 209, "cyrillic": 0.995}
{"id": "1848", "title": "Свалил се млад Димитар од Разловци", "text": ":Свалил се, Маце море, планината,\n:Планината ле Маце, Митрашинска,\n:Митрашинска, Маце море, Будинарска,\n:И полето ле Маце, Пијанечко.\n:Свалил се је Маце ле море, млад војвода,\n:Млад војвода ле Маце, млад Димитар.\n:Млад Димитар, Маце море, од Разловци,\n:И поп Јован ле Маце од Берово.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BB_%D1%81%D0%B5_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%BE%D0%B4_%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1849", "title": "Та ти ле се најде бабо", "text": ":Та ти ле се најде, бабо, од толкаво село,\n:зелник да ми месиш, бабо, со шчукави раце.\n:Кафе да ми вариш, бабо, с гурелави очи,\n:кога ти ќе тураш, бабо, па не ми е благо.\n:Комшии кажуват, бабо, арна мома имаш,\n:Искарај децата, бабо, доведи момата.\n:Доведи момата, бабо, затвори вратата,\n:сол и леб да јадам, бабо, пак слатко ќе ми е.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B0_%D1%82%D0%B8_%D0%BB%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%BE", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1845", "title": "Од поле идат бабо сејмени", "text": ": Од поле идат, бабо мори, сејмени,\n: Сејменска песна, бабо, поеја.\n: Сејменска песна, бабо, поеја,\n: Ајдучка глава, бабо, носеја.\n: Излези, бабо мори, да видиш,\n: Дали ќе глава, бабо, познаеш.\n: Дали ќе глава, бабо, познаеш,\n: Од твој'го сина, бабо, Стојана.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%BE_%D1%81%D0%B5%D1%98%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8", "word_count": 44, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1846", "title": "Марко коси зелена ливада", "text": ":Марко коси зелена ливада, (х2)\n:Мара бели платно на реката, (х2)\n:Мајка Мара од белење вика, (х2)\n:Елај Маро, елај мила ќеро, (х2)\n:На брата ти ручок да однесеш, (х2)\n:Леле мале, леле стара мале, (х2)\n:Мене Марко за сестра не знае, (х2)\n:Мене Марко за либе ме знае. (х2)\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B8_%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1844", "title": "Нешо пиле, Нешо мори, мамино калешо", "text": ": Нешо пиле, Нешо мори, мамино калешо,\n: зошто не дојдеш Нешо кај мама на гости,\n: како да дојдам мамо, нема ни со кого,\n: едно момче имам мамо, ош је малечко,\n: ќе помине туде, за поли ме држи.\n: Ќе појдам да месам мамо, и оно по мене,\n: за поли ме држи, само ме препиња,\n: чекај ме дадо мори, меси ми кравајче,\n: не сум ти дада лудо, туку сум ти жена,\n: желка те изело, чума те затрело.\n: Ќе појдам на вода, мамо, и оно по мене\n: за поли ме држи, само ме препиња,\n: чекај ме дадо мори, полни ми бардаче,\n: немам бардаче, бапки те изеле,\n: камо ти ведро лудо на рамо да носиш,\n: ведро да носиш, ветер те однело.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D1%88%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%2C_%D0%9D%D0%B5%D1%88%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8%2C_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BE", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1847", "title": "На лево оро", "text": ":Пипни Стојне, пипничанке,\n:на лево оро, мале, на лево оро,\n:Што думаме сношти вечер,\n:на лево оро, мале, на лево оро,\n:Да идеме на нов пазар,\n:на лево оро, мале, на лево оро,\n:На нов пазар на Виница\n:на лево оро, мале, на лево оро,\n:Што видиме ќе купиме,\n:на лево оро, мале, на лево оро,\n:Ќе купиме ж’ти цревје,\n:на лево оро, мале, на лево оро,\n:То ќе носиш јас ќе гледам\n:на лево оро, мале, на лево оро,\n:Да видиме прилега ле,\n:на лево оро, мале, на лево оро.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0_%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%BE_%D0%BE%D1%80%D0%BE", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1851", "title": "Маце маце тече вода студена", "text": ":Маце маце тече вода студена,\n:Маце маце кара гранка зелена.\n:Маце маце на гранката бел камен,\n:Маце маце на каменот постела.\n:Маце маце на постела седеше,\n:Маце маце това младо терзиче.\n:Маце маце и на Маца шиеше,\n:Маце маце Маца тука седеше.\n:Маце маце та му конци сукаше,\n:Маце маце през рамо ги фрлаше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%86%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B5_%D1%82%D0%B5%D1%87%D0%B5_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1878", "title": "Оче наш", "text": "az:Ey Atamız\nbe:Ойча наш\nbg:Отче наш\nca:Pare nostre\ncs:Otče náš\nda:Fader vor\nde:Vaterunser\nen:The Lord's Prayer\neo:Patro Nia\nes:Padre Nuestro\net:Meieisapalve\nfi:Isä meidän\nfo:Faðir vár\nfr:Notre Père\ngl:Noso Pai\nhr:Oče naš\nhu:Miatyánk\nhy:Աղօթք տէրունականք\nid:Doa Bapa Kami\nis:Faðir vor\nit:Padre Nostro\nja:主の祈り\nko:주님의 기도\nla:Pater noster\nlt:Tėve mūsų\nnl:Onzevader\nno:Fader vår\npl:Ojcze nasz (modlitwa)\npt:Pai Nosso\nro:Rugăciunea Domnească\nru:Отче наш\nsk:Otče náš\nsl:Očenaš\nsr:Оче наш\nsv:Fader vår\nuk:Отче наш\nvec:Padre Nostro\nvi:Kinh Lạy Cha\nzh:主禱文", "subject": ["Христијанство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%87%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D1%88", "word_count": 115, "cyrillic": 0.087}
{"id": "1852", "title": "Марко чека месец да огрее", "text": ":О, Марко чека месец да огрее\n:Марко чека месец да огрее\n:О, га превари ѕвезда вечерница,\n:ори ѕвездо, ѕвездо вечернице,\n:О, че те прашам мори, право да ми кажеш,\n:дали беше ѕвездо на мојот виљает.\n:О сега Марко море оттамо се враќам,\n:твојте кули Марко ти се поурнати,\n:О твоја мајка ти е отепана\n:верна љуба ти е одведена.\n:О се наљути море Марко добар јунак,\n:та се врати јо Прилепа града\n:О па подигна тешка буздогана,\n:и утепа море Муса Кесеџија.\n:О и утепа море Муса Кесеџија,\n:и со њега Црна Арапина.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D1%87%D0%B5%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B5", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1850", "title": "Ората копата", "text": ":Ората копата (х2)\n:Јунак стрелба стрелаше,\n:стрелите му падаја,\n:на момини дворове.\n:Мома двори метеше,\n:и си стрели збираше\n:Дај ми моме стрелите\n:Ќе ти дада крстенце.\n:На ти чичо стрелката,\n:дај ми ја ќерката.\n:Ората копата (х2)\n:На ти дедо гламната,\n:да запалиш лулата\n:да ми дадеш момата.\n:Ората копата (х2)\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1899", "title": "Укинување на Охридската Архиепископија - 1767", "text": "Укинување на Охридската Архиепископија - 1767\nСо оваа моја доброволна и непринудена оставка долупотпишаниот изјавувам дека поради тоа што не ми е овозможено да ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепископија, коишто се јавија една по друга пред вас и во наши дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напаѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и навредуваат потчинетите на Охридската архиепископија митрополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може поинаку да се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христијански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата - поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и за задоволување на своите потреби). При таква согласност со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја) доброволна и непринудена оставка, којашто треба да се постави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во оној на блажениот ерусалимски патријах г. Партениј) 1767 г. Јануари 16.\nОхридски Арсениј ветува", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0_-_1767", "word_count": 169, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1875", "title": "Моето мислење за Македонците", "text": "Милостиви Господине,\nДимитриј Димитриевич,\nБидејќи го добивам \"Македонски Глас\", и читајќи го со големо внимание, јас сметам за потребно да Ви го изразам своето сочувство, и солидарност по прашањето на автономијата на оваа храбра земја, која одамна ме интересира. На 3 декември 1901 година јас имав прилика да им одржам предавање за словенството на господата офицери, во Офицерското друштво од армијата и флотата. Како последица од ова предавање публикував и еден помал труд: \"Славянские наречия XX века в юго-западной Европе\", со приложена мала карта. Таму се зборува за географска Македонија и за нејзиното население – православните Словено-Македонци, - како за самостојно племе, кое има свој јазик.\nМојата теорија за Македонците е ваква: тие, во почетокот на нашата ера, како природни Словени од времето на Скитија и Сарматија, први ја напуштиле сегашната западна Русија, веројатно во времето на готското навлегување и, се разбира, порано, т.е. пред доаѓањето на Балканот, во VII век, на Србите и Бугарите. Овие први словенски доселеници, преселувајќи се, од Русија на Балканскиот Полуостров во Мизија, спуштајќи се се’ повеќе на југ, дојдоа и се населија покрај реките Велика, Места, Бистрица кон Охрид и Преспа, и ја основаа својата Склавинија, со нејзиниот древен град Терми (Солун) на Егејско Море и во близината на Дивото поле. Сите овие природни граници потсетуваат на сегашна Русија, а словенскиот говор, кон југ од Родопските планини, останал првобитен и не станал ни српски, ни турско-бугарски. За време на цар Симеон Бугарски, оваа Склавинија (Берзитија), била навистина од него покорена, но оваа зависност траела кратко време, а тоа не значи дека Македонија станала Бугарија. Во македонското население нема ни капка монголска крв, каква што кај Словените од Мизија, во сегашна Бугарија има повеќе одошто е потребно. Ова се потврдува од името на народот и делумно од неговиот тип, кој потсетува на нашите историски Половци, Печенеги, Јазиги, Авари, и нивните сродници Бугарите...\nКон изложеното е потребно да се додаде дека, поради крајно непристојната, за словенството, политика на сегашна Бугарија, со нејзиниот германски цар Фердинанд, доделувањето на цела Македонија на Бугарите, би било престапно и неразумно. И без тоа, владеењето на делови од Македонија, од страна на Грците, Србите и Бугарите е мошне чудовишно и бара исправка, т.е. одземање на овие земји со нивното несреќно население од недостојните раце на лицемерите Бугари, од непријателите на словенството – Грците и неразумните во своето владеење – Србите.\nМакедонија, според нашите разбирања, треба да биде целосна, неразделна, автономна, претставувајќи од себе суверено кнежество, кое не треба да влегува во составот на која и да било друга држава, а особено не во составот на Бугарија, со која управуваат такви личности, како што се Германецот Фердинанд и Радославов, кој се откажа од словенството.\nА. Ф. Риттих", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B5%D1%9A%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 446, "cyrillic": 0.995}
{"id": "1802", "title": "Имала мајка до девет сина", "text": ": Имала мајка, имала,\n: до девет сина убави,\n: десетти грозен Ѓоргија,\n: Ѓоргија беше болничав.\n: Мајка на Ѓорги говори,\n: мани се Ѓорги од куќа,\n: да не ми грдиш дворои,\n: да не ми ругаш синои,\n: и високите сараи.\n: Ѓоргија мајка молеше,\n: дробни си солзи ронеше,\n: оф леле стара мајчице,\n: не ли сум уште малечко.\n: Пусти патишта ќе згрешам,\n: во гора ќе се изгубам,\n: ѕверои ќе ме изедат,\n: без тебе мале ќе бидам.\n: Мајка на Ѓорги говори,\n: мани се грозно глупаво,\n: мани се веќе од куќа,\n: више те мајка не сака.\n: Виде, не виде Ѓоргија,\n: дека го мајка не сака\n: пак мајка си ја замоли,\n: дај ми ги мале пљачките,\n: крпено и некрпено,\n: татко ми што ми ги кроил,\n: за убав ден и Великден,\n: Мајка му пљачки исфрли,\n: Ѓорги од куќа излезе,\n: Кога ми Ѓорги излезе,\n: Луто си мајка проколна,\n: Оф леле стара мајчице,\n: Кога од двори ќе излезам,\n: Црната чума да влезе,\n: Сараи да ти побута,\n: Дворои да ти запусти,\n: Синои да ти потепа,\n: Сама ти мајче да останеш,\n: и за Ѓоргија да кукаш.\n: Шетал си Ѓорги по гори,\n: по гори и по планини,\n: слегна си долу селата,\n: ценил се Ѓорги овчарче,\n: Слугувал девет години,\n: печалил Ѓорги печалил,\n: до триста овци јаганца,\n: станал ми Ѓорги чорбаџи.\n: Еднаш се Ѓорги нажалил,\n: за своја стара мајчица,\n: за девет браќа убави,\n: и високите сараи.\n: Собрал си Ѓорги овците,\n: кинисал Ѓорги пристигнал.\n: Кога ми дома пристигнал,\n: мајка пред порти седеше,\n: и за Ѓоргија кукаше.\n: Ѓорги на мајка говори,\n: Оф леле стара мајчице,\n: имаш ли конак за мене,\n: ноќеска да си преноќам\n: па утре ќе си земинам.\n: Мајка го Ѓорги не позна,\n: па му на Ѓорги говори,\n: оф леле синко делија,\n: имав конаци високи,\n: и дворои широки,\n: и девет сина убави,\n: десетти беше Ѓоргија,\n: Ѓорги ми беше болничав.\n: Јас си на Бога погрешив\n: Ѓоргија си го испадив,\n: Кога ми Ѓорги излезе,\n: Луто ме мене проколна,\n: Како ме Ѓорги проколна,\n: Пуста ме клетва достаса,\n: Каде е сега Ѓоргија,\n: Да си го мајка прегрне,\n: мајкини гревои да прости,\n: белки ќе мајка да пукне.\n: Ѓорги на мајка говори,\n: Јас сум ти мајко Ѓоргија,\n: Ѓоргија мајко, најгрозен,\n: најгрозен мајко, болничав,\n: Тогаш го мајка прегрна,\n: дробни си солзи пророни,\n: прегрна мајка, целувна,\n: и пукна мајка, од жалост.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни", "Епски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%B4%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 369, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1874", "title": "Кои се Македонците?", "text": "Запознавајќи се со историјата на населувањето на народите на Балканскиот Полуостров, мора да се дојде до следниов заклучок по однос потеклото на Македонците.\nТесалиско-пелопонеските, македонските, тракиските и мизиските Словени дошле воопште од североисток односно преку Карпатските планини (племето Карпи - жители на карпатите), Србо-Хрватите и Словенците – од север, откај сегашните Прусија, Лузитанија и Полска. На тој начин, првата група Балкански Словени им е сродна на источните Словени (на руските), а втората – на западните.\nСо текот на времето, и особено во периодот на големата преселба на народите и на крстоносните походи се случува следното:\n1) Тесалиско-пелопонеските Словени се слеале со Грците и делумично со Епирците и Латините и ја образувале ново-елинската или грчката нација; 2) Во Мизија и Тракија во различни времиња се населиле и слеале со месните Словени разни источни турско-татарски мали народи, кои ја образувале словено-бугарската нација; 3) Во областа, заземена од србо-Хрватите и Словенците, престојувале и делумно се населиле и слеале со последниве некои келтски и тевтонски племиња, т.е. внеле во словенската крв извесна доза на келтска и тевтонска крв; 4) Македонските Словени пак, опкружени, речиси, од сите страни од високи планини и од морето, останале надвор од пределите на големата преселба на народите, и единствено само Куманите ги пречекориле овие планини и заседнале во североисточниот агол на Македонија, и со текот на времето се слеале со македонските Словени, оставајќи спомен за себе во основаниот од нив град Куманово.\nНа тој начин, македонските Словени, според типот и јазикот, се почисто словенско племе, отколку Бугарите и Србо-Хрватите и Словенците, како што се Великорусите по однос на Малорусите и Пољаците; како што во крвта и јазикот на Малорусите и Бугарите има многу нешто турско-татарско, така и во крвта и јазикот на Пољаците, Србо-Хрватите и Словенците има многу нешто западно. Додека кај Великорусите има само безначајна примеса на финска и друга крв, кај македонските Словени има само безначајна примесана куманска и можеби трако-епирско-илирска (куцовлашка и албанска) крв, а исто така и некои посебни јазични особености. Може да се каже дека, според типот, (крвта) јазикот, дури и по карактерот, според географската положба, која го разделува северното и јужното словенство, и инородниот (германско-унгарско-романски) клин, македонските словени се јавуваат како јужни Великоруси (се разбира, не во колочински однос), Бугарите – како јужни Малоруси, а Србо-Хрватите и Словенците – како јужни Пољаци и Лужички Срби.\nСпоред тоа, македонските Словени не се Срби и не се Бугари, туку едноставно Македонци, а се сродни и на едните и на другите, пришто се поблиски, по сродство и по јазик до Бугарите, отколку до Србите. Врз основа на тоа може да се дојде до ваков заклучок: независна и слободна од татарското и друго иго Великорусија послужи како цврста основа за постепеното обединување на, речиси, целото североисточно словено-руско племе, и нека бог даде, да послужи за иста таква основа на натамошното обединување на сето северно словенство. Независна и слободна Македонија пак единствено, може да послужи како цврста основа врз која ќе биде изградена величествената постројка на националното обединување на македонското, бугарското и српското племе, а следствено, и на сето јужно словенство, како неопходен чекор кон идното негово обединување со северното словенство...\n“Кои имаат уши да чујат – нека чујат“, а Словените, движени од чувството, не на ситен шовинизам, туку на словенското братство и единство врз основа на почитувањето на индивидуалните особености на секоја одделна словенска нација, не можат а да не се придружат кон нашиот извик:\n“Да живее независна и слободна Македонија!“\nГ. Георгиев", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%3F", "word_count": 577, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1900", "title": "Кирил Пејчиновиќ/ Огледало", "text": "Кирил Пејчиновиќ - Огледало - 1816\nЕте тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо.\nНи христиани можем да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и велика субота јадат и пијат, и великиј пост хора играат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат. А попот узел, осом села попуат, каде по напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатии тајн. А едни сиромаси христиани дури ги жалим зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден гладни стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било!“ Другиј пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да не се забават!“ А еднии, чорбаџие што сат, мало позенгини, како кметинке, пак тија велат: „Не така. Да го тепамо, ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да потнесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за другото тамо! Овај поп се забават, ама бре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другио поп со Турци си земат хекот, ако му не платиш.“", "subject": ["Кирил Пејчиновиќ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB_%D0%9F%D0%B5%D1%98%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C/_%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%BE", "word_count": 241, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1891", "title": "Викиизвор:Автори-К", "text": "1 Ка\n:Емил Калешковски\n:Иван Карадак\n:Стојан Карајанов\n:Ацо Караманов\n:Ангел Каратанчев\n:Васко Караџа\n:Лазо Каровски\n:Трајче Кацаров\n2 Ки\n:Блаже Китанов\n:Мишо Китановски\n3 Кл\n:Ефтим Клетников\n:Алдо Климан\n4 Ко\n:Зоран Ковачевски\n:Славчо Ковилоски\n:Сашо Кокаланов\n:Блаже Конески\n:Саво Костадиновски\n:Владимир Костов\n:Јован Котески\n:Данило Коцевски\n:Благоја Кочовски\n:Никола Кочовски\n5 Кр\n:Ристо Крле\n:Петар Кропоткин\n:Глигор Крстески\n:Христо Крстевски\n:Трајче Крстески\n:Ангелко Крстиќ\n:Jоаким Крчовски\n6 Ку\n:Паско Кузман\n:Александар Кујунџиски\n:Жарко Кујунџиски\n:Разме Кумбароски\n:Васил Куновски", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%9A", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1923", "title": "Невено мори Невено", "text": ":Невено мори, Невено, (х2)\n:Невено една на мајка мори, (х2)\n:Невено една на татко.\n:Бог да убие Невено, (х2)\n:Твојте стари кумови мори, (х2)\n:Твојте стари кумови.\n:Што ти дадоја името, (х2)\n:Името лична Невено мори, (х2)\n:Името лична Невено.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 45, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1913", "title": "Проглас на силогосот „Македонија на Македонците“", "text": "П Р О Г Л А СНА СИЛОГОСОТ „МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ\nДо македонските народи!\nНашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на овената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност така светела.\nВистински Македонци!\nНашата татковина е станата сираче. Нејзиното победничко знаме, од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не постои како знаме на одделна народност. Денес името на Македонија се пишува во географските карти како некој спомен, а нејзините победнички грбови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние органи што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и отровни страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие работат за нејзиното распарчување и, користејќи ги локалните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава прашањето за нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски! Зар ќе дозволите за време на вашиот живот да се закопа нашата убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја поделат. Во таквата очајна положба нашата драга мајка Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика:\n„Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им повеќе на интригите на соседните народи коишто работат само за мојата пропаст. Вие сте чеда на мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамед, Мојсеј или Исус. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеик-ул-исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се збратимите. Зар не ќе се засрамите ако ме расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријатели? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, како вистински Македонци вие решете: на знамето што денес го подигам да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес го разгоруваат меѓу вас расцепот на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве делат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ!“\nОд протоколот од последниот состанок на централниот силогос „Македонија на Македонците“ на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија.\nВо Цариград, 15 април 1891 год.\nЦентрален силогос", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BE%D1%82_%E2%80%9E%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%E2%80%9C", "word_count": 537, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1930", "title": "Петар Драганов за македонскиот јазик – 1888 г.", "text": "Самиот Востоков по прашањето за потеклото на староцрковно-словенскиот јазик се застапуваше за македонизмот, неговата татковина ја поставуваше во Македонија, и затоа тој, велеше Востоков, може да се нарече и македонски. Но Востоков никако не се застапуваше за бугаризмот на таа значајна научна поставка во тесното значење на тој збор , како што тврдеа некои негови противници; напротив, што се однесува до сопственото бугарското наречје, тоа, според Востоков, можело од старо време да се разликува од првото (македонското) по многу важни признаци и, ќе забележиме од своја страна, како што и сега тоа се разликува од него. Би требало да се очекува дека порано или подоцна убедувањето на Востоков ќе се потврди со истражувања не само по историските споменици на јазикот ами и на современиот строј на словенските наречја и особено на словенските говори во претполаганата татковина на кирило-методиевскиот словенски јазик.", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2_%D0%B7%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA_%E2%80%93_1888_%D0%B3.", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1857", "title": "Историски документи", "text": "1 Македонски документи\n*Укинување на Охридската Архиепископија - 1767\n*Кирил Пејчиновиќ - Огледало - 1816\n*Отворање на првото световно народно училиште во Македонија - 1837\n*Запис на учителот Ѓорѓи Македонски за своето потекло - 1846\n*Григор Прличев за учителствувањетон на Димитрија Миладинов во Охрид – 1848\n*Писмо од Димитрија Миладинов до Кукушани – 1857\n*Протест на Охриѓани против поставување на грчки владика во Охрид - 1860\n*Тодор Кусев за Весникот Македонија – 1867\n*Македонското прашање - Петко Рачев Славејков 1871\n*Речник од три јазика – Ѓоргија Пулевски – 1875\n*Правила на Македонскиот Востанички Комитет – 1878\n*Привремена Влада на Македонија „Единство“ (1880/1881)\n*Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881\n*Петар Драганов за македонскиот јазик – 1888 г.\n*Реч на Исаија Радев Мажовски – 1888\n*Коста Шахов „Покана“ - 1888\n*Молба на охридското граѓанство за обнова на Охридската Архиепископија – 1890 г.\n*Проглас на силогосот „Македонија на Македонците“ – април 1891\n*Програмски принципи на Младата Македонска Книжовна Дружина - Јануари 1892 г.*\n*Иван Хаџи Николов за основање на револуционерна организација – 1892 г.*\n*Петар Попарсов „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ (Изводи) – 1894 г.\n*Лоза, 1894 г.\n*Гоце Делчев до Еврем Каранов 17 октомвфи 1895 г.\n*Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев – февруари 1896 г.\n*Устав на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација – 1896 г.\n*Вилијам Гледстон за Македонското Прашање – 19 јануари 1897 г.\n*Петар Манџуков до Костадин Кирков – 1898 г.\n*Славе Мерџанов до Димитар Мечев – 23 јуни 1898 г.\n*Војдан Чернодрински, Предговор кон „Македонска Крвата Свадба“ 2 декември 1900 г.\n*Димо Хаџи Димов за Македонското Прашање – 1901 г.\n*Никола Карев до Гоце Делчев – 1902 г.\n*АСНОМ\n*Устав на Република Македонија\n*Времена Спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија\n2 Американски документи\n*Декларација за независност на САД", "subject": ["Историја"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8", "word_count": 270, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1920", "title": "Викиизвор:Автори-И", "text": "1 Ив\n* Благоја Иванов\n* Љубомир Иванов\n* Васил Ивановски\n* Гого Ивановски\n* Србо Ивановски\n* Јован Ивањин\n2 Ик\n* Васил Икономов\n3 Ил\n* Андреј Илиевски\n* Бранко Илиевски\n* Тоде Илиевски\n* Томе Илиевски\n* Душица Илин\n4 Иљ\n* Васил Иљоски\n5 Ис\n* Игор Исаковски", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%98", "word_count": 38, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1898", "title": "Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881", "text": "Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881\n23 март 1881 во Ќустендил\nМакедонци,\nНашата мила татковина Македонија некогаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот ѝ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.\nВистински Македонци, верни чеда на вашата татковина!\nЌе дозволите ли вашата татковина да биде уништена? Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа! Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:\nДа живее македонскиот народ, да живее Македонија!\nТоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.\nМакедонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!\nЌустендил 11-23 март 1881,\nВерно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.\nПретседател Васил Чомо\nСекретар Никола Трајков\nЦентралната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).\n1 Историска позадина на овој манифест\nВо 1880 година, од 21 мај до 2 јуни, на планината Грамос (Гремен теке), Островско, приморскиот дел од Македонија, се одржало Национално собрание на Македонија со учество на 32 претставници од сите краеви на земјата. Собранието било свикано за ја разгледа политичката положба на земјата по Берлинскиот Конгрес и покажаната незаинтересираност на големите сили (вклучувајќи ја тука и словенска Русија) да ја присилат Османлиската држава да ја спроведе обврзувачката одредба од чл. 23 на Берлинскиот договор за давање посебен, автономен статус на Македонија, а како непосредна цел било поставено да се утврдат мерките и акциите за постигнување така поставената «националната цел». Собранието констатирало дека и по последните големи промени на Балканот, кога сите останати христијански народи се здобиле со национална слобода и државност; «Романија, Србија и Црна Гора, по силата на Берлинскиот договор од 1878 година, се здобиле потполна независност, а Бугарија, Источна Румелија и Крит, добиле граѓански права, единствено Македонија, која уште во древно време имала своја цивилизација, била лишена од секаква помош. По што Националното собрание «еднодушно решило» од владата на Османлиската држава и големите сили да бара «праведните барања на македонскиот народ да се исполнат со брзо применување на чл. 23 од Берлинскиот договор» за Македонија.\nНационалното собрание избрало привремена Влада на Македонија «Единство», како извршно оперативно тело што ќе ги превземе потребните акции за реализирање на «националната цел»:\nсоздавање македонска државност. За постигнувањето на тоа било решено најнапред да се бара, по легален пат, право на автономија признато од големите сили и санкционирано со меѓународниот Берлински договор од 1878 година. Во случај владата на Османлиската држава да откажела да ја исполни превземената обврска, а големите сили не ќе превземеле мерки да ја присилат на тоа, «привремената Влада на Македонија» си зела за задача да го повика македонскиот народ на оружје, под паролата: „Македонија за Македонците“, за воспоставување на древна\nМакедонија».\nВо март 1881 година привремената Влада на Македонија објавила Манифест испратен (со Протоколарното решение на Македонското национално собрание) до дипломатските претставници на големите сили.\nВо Манифестот се барало признавање правото и на македонскиот народ, како историски народ со богато и славно минато кој оставил траен белег во цивилизацијата на човештвото, да ја возобнови својата државност. Привремената влада апелирала и до прогресивното јавно мислење, до сите «слободољубиви луѓе, со благородни срца», да му притекнат на помошт на македонскиот народ во неговата борба за слобода. Со Манифестот привремената Влада на Македонија повикувала, пред опасноста татковината да биде распарчена од агресивните «околни народи», «гробари на големата и славна татковина», сите народни сили да се обединат под знамето на «единствена и обединета Македонија како единствен национален симбол». Бидејќи, само со единство можело да се смета да се извојува сопствената слобода, «тоа скапо наследство на народите». И со тоа да се обезбеди спасот на татковината. Владата предупредувала на опасноста од делба на Македонија и ново ропство што трајно ќе го спречело возобновувањето на македонската држава.\nМанифестот бил прогласен на 23 март 1881 во Ќустендил (денешна Бугарија). Бил испратен до сите дипломатски претставници во Битола, Солун и Цариград. Ова е еден од најважните акти донесени од Привремената Влада на Македонија. Еден од учесниците во Привремената влада на Македонија е и Леонидас Вулгаракис.\nОвој манифест се спомнува од Бугарскиот патријарх Кирил во книгата: Б’лгарската екзархија в Одринско и Македонија след Освободителната војна (1877-1878), vol. 1/1, Софиа: Синодално издателство, 1969, p. 461-466, 485.\nen:Translation:A Manifesto from the Provisional Government of Macedonia - 1881", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_-_1881", "word_count": 1092, "cyrillic": 0.989}
{"id": "1925", "title": "Кумановско поље", "text": ":Што ми омилело, Мале\n:што ми омилело\n:Еј, Кумановско поље. (2x)\n:К'д ќе ги погледну, Мале\n:К'д ќе ги погледну,\n:Еј, Кумановке моме. (2x)\n:Кумановке моме, Мале\n:Кумановке моме,\n:Еј, бело променете. (2x)\n:Што убаво носив, Мале\n:Што убаво носив,\n:Еј, саје извезене. (2x)\n:Саје навезене, Мале\n:Саје навезене,\n:Еј, китке накитене. (2x)\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D1%99%D0%B5", "word_count": 60, "cyrillic": 0.915}
{"id": "1927", "title": "Петар Попарсов „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставхници“ (Изводи) – 1894 г.", "text": "Одземете му го на човека полето на дејствување тој е веќе мртов: така и нашата “љубезна” Егзархија со своите два оддела, стремејќи се на нашите општини да им го одземе благородното поле за работа, преку својот авторитет, сака да ги умртви, да ги убие! На помош, сите чесни Македонци! Дојдете да ги спасиме умирачките општини во Македонија, со што сакаат да не’ претворат во мртов труп за да си играат со нас, како што сакаат божемните наши браќа!\nОх, грозно! Грозно е братоубиството!\nНашите вековни господари никогаш не задирале во нашето општинско самоуправување: макар и под грчки владици, нашиот народ во општините бил слободен во издржувањето и уредувањето на училиштата, црквите, манастирите и други народно-општествени прашања; тука, во тоа свето гнездо, народот се воспитувал во општественост, во хуманизам и на својот дух му давал повозвишен елан, престанувајќи да се грижи само за својата лична егзистенција; тука, во тој единствен наш парламент, се чувал и зајакнувал стариот словенски демократски дух на нашиот народ основата на патријархалниот словенски совет.\nИ точно таа наша општина единствена народна установа што ја зачувала нашата национална и човечка физиономија низ петстотинигодишниот период, Егзархијата со секакви средства сака да ја претвори во нула, да ја задуши, да го задуши народниот дух!!!...\nМоже ли да има поголемо злосторство од тоа?\n- Кој ти ги извади очите?\n- Брати ми.\n- Затоа толку длабоко ти ги извртел!\nТокму таква е нашата положба: ни даваат пари за да не’ убијат. По врага со тие пари, ако убивајќи ги нашите општини им натрапуваат севозможни претседатели, директори, учители и други, за да ги контролирале (?!) сумите единствениот мотив на бугарската пропаганда!\nДа, бугарската пропаганда!\nНајважните служби Егзархијата им ги доверува на Бугари: владици, архимандрити, директори, инспектори, учители, деловодители, редакори итн. итн., а од егзархиска служба ги отстранува совесните Македонци против кои се употребуваат сите дозволени и недозволени средства да бидат изгонети надвор од својата татковина.\nСо тоа „народната” Егзархија совршено смислено се стреми да го ликвидира, секое посамостојно движење кај нас, на Македонецот да му одземе секаква можност да се занимава со повозвишени општествени прашања; да не’ окове во синџири за да не’ разигрува како мечка и да не’ води таму од каде што ќе добие поголем бакшиш.\nНа секој чесен Македонец, девиза нека му биде пред се’ Мирскиот совет со чие формирање ќе се реши и прашањето за општинската самоуправа. Да се знае кој е кум а кој е старосват; што е Мирски совет, што Егзархија, што Синод, што Егзарх, што општина, епархијален совет, владика, општински претседател, пансионска комисија, и што е директор, инспектор, учител, гаваз, слуга; што е училишно и што црковно настојателство итн. итн.\nИмајќи ги предвид годинашниве башибозуци во училишното дело, општиот впечаток што го прави Училишниот оддел при Егзархијата е таков, што никогаш Одделот не се напинал до таков степен да се постави над волјата на општественото мислење како оваа година. Предавниците, развратниците, шарлатаните, подлеците кон кои и нивните пријатели чувствуваат презир и одвратност, одделот ги задржа и ги унапреди во службата, додека претставниците на законитоста, правдата и слободата или беа принудени да си поднесат оставка, или беа онеправдани низ понижување и преместување, или пак беа изгонети од службата.\nОд Одрин до Скопје нема град каде што оваа година Одделот не извршил по неколку диви незаконитости.\nСолун. 1.11.94 г. Вардарски", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%B2_%E2%80%9E%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D0%BD%D0%B5%D1%98%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%85%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%E2%80%9C_%28%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%29_%E2%80%93_1894_%D0%B3.", "word_count": 542, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1934", "title": "Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев – февруари 1896 г.", "text": "Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев – февруари 1896 г.\n/Генерал Николаев/ „Значи вие, младичок, сметате дека македонското население е способно да се бори, да подига револуција? Детски работи прикажувате, вие, момок! Тоа е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие сметате да создадете таму? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една организација тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади резервни војници. Со мене се официрите. И тогаш ќе подигнеме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. А со селани, со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се робје...”\n/Гоце Делчев/ „Беа робје, господине генерале но веќе не се. Значи Вие откажувате каква и да е работа внатре? Според Вас...”\n/Генерал Николаев/ „Не, не откажувам, при извесни услови. Внатрешната работа е неопходна за нас, за Врховниот комитет. Преку неа ние ги заплашуваме политичарите во Бугарија и дипломатите во туѓина, секогаш кога ќе стане потреба. Затоа можеме да ви дадеме помош, но при услов: ќе не слушате и надвод од Турско нема да преземате ништо. Целокупната политика ќе ни ја оставите нам. А што се однесува до вашата работа внатре, ние ќе ви кажеме кога, каде и што ќе правите. Освен тоа кога треба да се подигне востание во Македонија, ќе решиме ние. Освен тоа... ние...”\n/Гоце Делчев/ „Тоа нема да биде, господине генерале. Вие, како што разбирам, тоа е Врховниот комитет и уште некој... Не ние, ние не сме согласни со тоа, што го мислите Вие за Македонија. Ние, знаете кој сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подига востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека, за да не’ внесете, како што се обидовте лани, во игра на востание. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе возбуден и делумно вооружен. Тој може да се предаде на измамата, а тоа ќе чини реки од крв и планини од трупови. Ние нема тоа да го дозволиме. Не, крвта на народот е скапа и не сакаме трупови, туку сакаме ослободување, а живиот народ сака да живее и да расте.\nГледам дека Вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат и да ја остават Внатрешната револуционерна организација да организира, да раководи, да решава. Ние сметаме дека од Вас од комитетот и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари.”\n/Генерал Николаев/ „Како смеете! Вие не знаете ништо за меѓународната ситуација. Јас имам писма од туѓина. Ние ќе решиме кога е моментот да се дејствува. Дали разбирате? Ние ќе го имаме врховниот збор, а ако сметате да ни пречите а ако ни пречите, ќе ве парализираме. -”\n/Гоце Делчев/ „Повелете или вие нас ќе не’ парализирате, или ние вас!”", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%B8_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B5%D0%B2_%E2%80%93_%D1%84%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8_1896_%D0%B3.", "word_count": 529, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1928", "title": "Огрејала месечина", "text": ":Огрејала месечина леле\n:огрејала месечина,\n:од Солуна до Тетово. 2х\n:Не ми била месечина леле 2х\n:тук ми биле три неесте\n:три неесте Сетолчанќе.\n:Прво теглат за Тетово леле\n:прво теглат за Тетово,\n:кај бакалот чичо Кољо. 2х\n:Добро утро чичо Кољо море\n:добро утро чичо Кољо,\n:дал бог добро три неесте\n:три неесте Сетолчанќе.\n:Да ми дадеш драм белило леле\n:да ми дадеш грам белило,\n:драм белило драм црвило 2х\n:Наши мажи гурбетчие леле\n:наши мажи гурбетчие\n:кај ќе дојдат ќе ти платат. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1946", "title": "Македонски народни песни/ А бре, Македонче, каде се спремаш", "text": ":А бре, Македонче,\n:Каде се спремаш?\n:Борба те чека,\n:Борба за слобода.\n:Момци накитени,\n:Моми наредени,\n:В борба ми влагат.\n:Борба за слобода.\n:Нека разберат,\n:Крвави фашисти,\n:Македонско име,\n:Нема да загине.", "subject": ["Македонски партизански песни", "Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90_%D0%B1%D1%80%D0%B5%2C_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B5%2C_%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%88", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1956", "title": "Кондисал Ајрадин Паша", "text": ":Кондисал Ајрадин Паша\n:Кондисал Ајрадин паша, кондисал карши Галичник.\n:Наличил силни топови, да ми го горит Галичник,\n:Галичник село големо, Стамбол на ќутук пишано.\n:Извадил ѓузлук дулбија, догледал чешма Упија.\n:На чешмата до две девојки, две девојки и една невеста.\n:Девојки платно белеје, невеста вода носеше.\n:Излегол Томо Томоски со ќеаите по него.\n:Јагне сугаре носеје, селам на паша чинеје.\n:Селам на паша чинеје, да не го горит Галичник.\n:Жалба му падна на срце, дигна си силни топови.\n:Дигна си силни топови, не го запали Галичник.\n:Галичник село големо, Стамбол на ќутук пишано.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BB_%D0%90%D1%98%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD_%D0%9F%D0%B0%D1%88%D0%B0", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1957", "title": "Оре моме седмојанче", "text": ": Оре моме, моме, моме седмојанче,\n: откога си моме, на седум години,\n: Оре моме, моме, моме седмојанче,\n: Зошчо ти се моме, плешчи згрбавени,\n: Оре лудо, лудо, лудо ти бре младо,\n: Одеејќи лудо, горе во планина,\n: Одеејќи лудо, горе во планина,\n: Носеејќи лудо, трлави пенушки.\n: Оре моме, моме, моме седмојанче,\n: Зошчо ти се моме, зоби попаѓани,\n: Оре лудо, лудо, лудо ти бре младо,\n: Јадеејќи лудо, ковчави ореви.\n: Оре моме, моме, моме седмојанче,\n: Зошчо ти се моме, коси побелени,\n: Оре моме, моме, моме седмојанче,\n: Зошчо ти се моме, коси побелени.\n: Оре лудо, лудо, море ти бре младо,\n: седеејќи лудо, долу воденици,\n: ветор ми вееше, коса белееше,\n: ветор ми вееше, коса белееше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%80%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 113, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2016", "title": "АСНОМ , документ 7", "text": "Р Е Ш Е Н И Е на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за прогласување на Илинден - 2 август - за народен државен празник на македонската држава\nИлинден - 2 август - се прогласува за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободување од вековното ропство и (за) создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава.\nОва решение влегува веднаш во сила. Во манастирот “Св. отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија.\n:Претседател: Методи Андонов -Ченто, с.р.\n:Секретар: Љупчо Д. Арсов, с.р.", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_7", "word_count": 105, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2017", "title": "АСНОМ , документ 8", "text": "Р Е Ш Е Н И Ена Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава\n2 август 1944 г.\nВо македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.\nОва решение влегуе веднага во сила. Во манастирот “Св.отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија.\n:Претседател: Методи Андонов-Ченто, с.р.\n:Секретар: Љупчо Д. Арсов, с.р.\n1 Види исто така\n* Одлука за објавување на одлуките и прогласите на Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Југославија, 15 јануари 1944 г.", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност", "Историја на македонскиот јазик", "Историја на македонскиот народ", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_8", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2013", "title": "АСНОМ , документ 3", "text": "О Д Л У К АЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ И ПРОГЛАСИТЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВЕЌЕ НА НАРОДНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА, НЕГОВОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО И НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ НА СРПСКИ, ХРВАТСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК\n15 јануари 1944 г.\nВо духот на федеративниот принцип на изразување на Југославија врз основа на правото на самоопределување на националната рамноправност загарантирани на народите на Југославија со одлуките на Второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија од 29 и 30 ноември 1943 година Претседателството на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија\nОДЛУЧИ:\n1. Сите одлуки и прогласи на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на неговото Претседателство, како врховна законодавна власт, и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, како извршна и наредбодавна власт во Југославија, ќе се објавуваат како единствени во официјалните изданија на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија на српски, хрватски, словенечки и македонски јазик. Сите овие јазици се рамноправни на целата територија на Југославија.\n2) Одделните земји веќа и нивните извршни оддели, како законодавни и извршни и наредбодавни органи на власта на одделните сојузни единици, ќе донесат соодветни одлуки во духот на горниот член и ќе ја спроведуваат во живот на својата територија оваа рамноправност според условите во својата земја.\n3) Поради сегашните технички тешкотии Претседателството на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија во сите свои изданија ќе ги објавува своите одлуки на еден или друг од споменатите јазици, а земските веќа се задолжени да ги објавуваат на јазикот на своите народи.\nБр. 18\n15 јануари 1944 г.\nАнтифашистичко веќе на народното ослободување на Југославија\n:Претседател,Д-р Иван Рибар, с.р\n:Секретар, Родољуб Чолаковиќ, с.р.", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_3", "word_count": 288, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2010", "title": "АСНОМ", "text": "*Писмо на Иницијативниот одбор за свикување на Антифашистичкото Собрание за Народно Ослободуване на Македониjа (АСНОМ), 14 март 1944 година\n*Записник од првото заседание на проширениот Иницијативен одбор за свикување на македонското народно собрание, 30 април 1944 година\n1 Прво заседание на АСНОМ\n*Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело на демократска Македонија\n*Проглас од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ\n*Манифест на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ\n*Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава\n*Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава\n*Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија\n*Решение за образување на законодателна комисија при Президиумот на АСНОМ\n*Решение за образување на државна комисија за утврдуење престаплението на окупаторите и нивните помагачи\n*Решение за одобрение решениата, заповедите и задолжениата, земени от Главниот штаб на НОВ и ПО на македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ\n*Решение за отдавање признание и благодарност на Народно-ослободителната војска\n2 Види исто така\n*Одлука за објавување на одлуките и прогласите на Антифашистичкото Веќе на Народно Ослободуване на Југославија, неговото претседателство и на националниот комитет на српски, хрватски, словенечки и македонски јазик, 15 јануари 1944 г.\n*Акти донесени на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ и прописи од уставен карактер пред Уставот на Народна Република Македонија", "subject": ["Македонија во Втората светска војна", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C", "word_count": 236, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2018", "title": "АСНОМ , документ 9", "text": "Д Е К Л А Р А Ц И Ј Ана АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија\n2 август 1944 г.\nСите граѓани на федерална македонска држава се еднакви и равноправни пред законите, не гледајќи (на)нивната народност, пол, раса и вероисповеданије.\nНа националните малцинства на Македонија се осигурават сите права на слободен национален живот. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста за личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот.\nНа секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста.\nНа сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.\nИзборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласуване на основание на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право.\nПравото да избируат и да бидат избирани во сите изборни тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. До дека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласуване.\nМалоумните лица, како и лицата кој со провинет по отношение на интересите на народно-ослободителната војна, се лишават от правата по точка 5 и 6 на оваја декларација. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди. Се забранува и прогонуваат сите фашиски и профашиски дејствија, оти се против слободата и независноста на братската заедница на народите во Југославија.\nНа секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решениата на органите на власта по начин предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите државни власти. Народната власт се старае да (ја) отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна просвета.\nВо манастирот “Св.Отец Прохор Пчински“ на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија.\n:Претседател: Методи Андонов - Ченто\n:Секретар: Љупчо Д. Арсов\n:М.А. Ченто, с.р.\n:Љ. Арсов, с.р.", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_9", "word_count": 353, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2038", "title": "Одлука за објавување на одлуките и прогласите на Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Југославија", "text": "ОДЛУКА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ И ПРОГЛАСИТЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВЕЌЕ НА НАРОДНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА, НЕГОВОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО И НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ НА СРПСКИ, ХРВАТСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК\n15 јануари 1944 г.\nВо духот на федеративниот принцип на изразување на Југославија врз основа на правото на самоопределување на националната рамноправност загарантирани на народите на Југославија со одлуките на Второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија од 29 и 30 ноември 1943 година Претседателството на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија\nОДЛУЧИ:\n1. Сите одлуки и прогласи на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на неговото Претседателство, како врховна законодавна власт, и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, како извршна и наредбодавна власт во Југославија, ќе се објавуваат како единствени во официјалните изданија на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија на српски, хрватски, словенечки и македонски јазик. Сите овие јазици се рамноправни на целата територија на Југославија.\n2) Одделните земји веќа и нивните извршни оддели, како законодавни и извршни и наредбодавни органи на власта на одделните сојузни единици, ќе донесат соодветни одлуки во духот на горниот член и ќе ја спроведуваат во живот на својата територија оваа рамноправност според условите во својата земја.\n3) Поради сегашните технички тешкотии Претседателството на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија во сите свои изданија ќе ги објавува своите одлуки на еден или друг од споменатите јазици, а земските веќа се задолжени да ги објавуваат на јазикот на своите народи.\nБр. 18\n15 јануари 1944 г.\nАнтифашистичко веќе на народното ослободување на Југославија\nПретседател,Д-р Иван Рибар, с.р\nСекретар, Родољуб Чолаковиќ, с.р.", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%84%D0%B0%D1%88%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 284, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2050", "title": "Македонски народни песни/ А бре Петруш, кајметли Петруш", "text": ":А бре Петруш, кајметли Петруш,\n:што ти веле твојта aрмасница,\n:твојта армасница, џан бела Велика,\n:А бре Петруш, кајметли Петруш,\n:што ти вели твојо ти вујко\n:ај ќе ојме, на града Солуна.\n:Да купиме тенко бело платна\n:да носиме на горните села\n:на горните села, на дојрански моми.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nПесната е од село Коњари, Солунско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%90_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D1%83%D1%88%2C_%D0%BA%D0%B0%D1%98%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D1%83%D1%88", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2008", "title": "Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело на демократска Македонија", "text": "Р Е Ш Е Н И Ена Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија како врховно законодателно и исполнително народно преставително тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија\nОсновајќи се на суверената воља и правото на самоопределение на народот на Македонија, чии верни толкователи се представителите во ова Собрание, а во согласие со решениата донесени на ИИ заседание на АВНОЈ (Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија) во град Јајце - 29 ноември 1943 година - Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија (АСНОМ) се конституира во врховно законодателно и исполнително представително тело на Македонија и (на) македонската држава, како равноправна федерална единица во демократска Федеративна Југославија.\nАСНОМ (ја) врши законодателната и исполнителната функција на македонската федерална држава, до колку таја функција не ја префрлил на својот Президиум и на Народното правителство на македонската држава.\nАСНОМ го образуваат народните представители, без разлика на народност, вероисповедание, пол, раса и политическо-партијска припадност, кои се дали доказателство, оти ја прихваќат борбата за самостојателност и слобода на народот на Македонија и народно-ослободителната борба на сите останали народи во Југославија, а покрај това се непомирливи непријатели на окупаторот и неговите помагачи.\nЗаконодателната власт АСНОМ ја врши на своите пленарни заседанија, а во времето меѓу заседанијата таја власт ја врши преку Президиумот.\nИсполнителната власт АСНОМ ја врши преку својот Президиум и преку Народното Правителство на македонската држава.\nАСНОМ и Народното правителство на македонската држава се врховни органи на народната власт во македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија.\nИмајќи (го) пак предвид сегашното развитие на народно-ослободителната борба и степенот на изградуењето на власта во обштата држава, а како уште ги нема сите условија за образуването на Народното правителство на македонската држава, функцијата на Народното правителство ќе ја врши времено ПРЕЗИДИУМОТ на АСНОМ.\nАСНОМ си избира свој Президиум, кој е саставен от претседател, два подпретседатела, два секретара и најмалку други 16 (шеснаесет) члена.\nЗа својата работа Президиумот одговара пред АСНОМ.\nСите законодатели решениа на АСНОМ и неговиот Президиум се објавуваат со подписите на председателот и секретарот на АСНОМ, односно (на) неговиот Президиум.\nНа територијата на Македонија важат законите на федералната македонска држава и законите на федеративна и демократска Југославија.\nДо формирането на народното правителство на македонската држава при Президиумот на АСНОМ се образува нужен број отдели за разните гранки на државното управление.\nСекој отдел се управљава от начелник на отделот. Началникот на отделот ги води работите на отделот, под раководството и контролата на член от Президиумот, на кого и одговара.\nНародното правителство на македонската држава, односно до неговото образование Президиумот на АСНОМ, има функцијата на народно правителство, основајќи се на решенијата на АСНОМ, а во согласие со решениата на АВНОЈ, како и заповедите и решениата на Националниот комитет на ослободуењето на Југославија, донесуе заповеди и решениа и (го) контролира нимното спроведуене во македонската држава.\nНародното правителство на македонската држава, односно до неговото образуване Президиумот на АСНОМ, има право да (ги) отфрли заклучениата и заповедите на сите народно-ослободителни одбори, ако не се во склад со законите на македонската држава.\nРаботите на секое заседание на Собранието ги води Работното претседателство, изабрано само за това заседание. Ова претседателство е составено от претседател, подпретседател, два секретара и најмалку 5 члена.\nЗа секое заседание се избира и верификациона комисија составена од 5 члена.\nНовото заседание го отвора Претседателот на претходното заседание, предлагајќи избор на ново работно претседателство.\nОва решение влегува веднаш во сила.\n:Во манастирот “Св. Отец Прохор Пчински“ на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.\n:За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија.\n:Претседател:Методи Андонов - Ченто с.р.\n:Секретар: Љупчо Д. Арсов с.р.", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D1%80%D1%85%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%BE_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE_%D0%B8_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 589, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2107", "title": "Димна Јуда град градила", "text": ":Димна Јуда, мамо, град градила,\n:на планина, мамо, на Влаина. х2\n:Што е колје, мамо, побивала,\n:се ергени, мамо, за главење. х2\n:Што е плиќе, мамо, заплиќала,\n:се’ девојки, мамо, за мажење.\n:Димна Јуда, мамо, град градила,\n:на планина, мамо, на Влаина. х2\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B4%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B0", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2051", "title": "Одздола иде мале", "text": ":Одиздолу иде мале,\n:одиздолу иде,\n:Одиздолу иде, мале,\n:дете Саркачанче,\n:Дете Саркачанче, мале,\n:сос бело фустанче\n:Оди да му кажеш мале,\n:оди да му кажеш,\n:Оди да му кажеш мале,\n:дома нека дојде\n:Дома ако дојде, ќерко,\n:Дома ако дојде,\n:Дома ако дојде ќерко\n:Ракија да му служиш\n:Ракија ќе му служам, мале,\n:Ракија ќе му служам,\n:Ракија ќе му служам мале,\n:Мојте дробни солзи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nПесната е од село Коњари, Солунско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%D0%B7%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%B8%D0%B4%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B5", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2043", "title": "Македонското прашање", "text": "1 Лиценца\nОригиналниот докуемнт бил издаден 1871 година а авторот починал 1895. Според тоа тој е во јавен домен.\nПреводот на македонски е лиценциран под GFDL.\nbg:Македонският_въпрос\nen:Translation:The_Macedonian_question", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 31, "cyrillic": 0.821}
{"id": "2087", "title": "Викиизвор:Администратори", "text": "Администраторите, исто така наречени сисопи (системски оператори) (англиски: sysops), се активни и редовни корисници на Викиизвор кои имаат пристап до техничките додатоци кои помагаат при одржувањето. Од администраторите се очекува да ја почитуваат и да бидат запознати со политиката на Викиизвор, бидејќи тие се познати и доверливи членови на заедницата. Тие можат да заштитуваат и да бришат страници, да блокираат други уредници, и исто така да ги враќаат овие постапки. По правило, овие привилегии се доделуваат на неопределено време и се отстрануваат само под исклучителни околности кои вклучуваат интервенција на високо ниво.\n1 Станување администратор\nДоколку сте читател на нашите содржини определено време и доколку би сакале сисоп пристап, додајте го вашето име во Викиизвор:Барања за администраторски статус во согласност со упатствата споменати таму, при што ќе се одвива расправа со соработниците-уредници, се со цел да се утврди дали постои согласност дека токму Вие би требало да постанете администратор.\nСе препорачува да пишувате за Википедија определено време пред да побарате администраторски статус, со оглед на тоа што другите корисници ќе треба да ве пропознаат пред да почнат да веруваат во Вас и вашите способности при ракување со алатките.\nИсто така, имајте предвид дека Викиизвор на секој јазик има свои политики за администратори, кои може да се разликуваат во некаква мера.\nar:ويكي مصدر:إداريون\nda:Wikisource:Administratorer\nde:Wikisource:Administratoren\nel:Βικιθήκη:Διαχειριστές\nen:Wikisource:Administrators\nes:Wikisource:Administradores\nfr:Wikisource:Administrateurs\nhe:ויקיטקסט:מפעיל מערכת\nhr:Wikizvor:Administratori\nid:Wikisource:Pengurus\nis:Wikiheimild:Stjórnendur\nit:Wikisource:Amministratori\nko:Wikisource:관리자\nla:Wikisource:Magistratus\nnl:Wikisource:Lijst van gebruikers met extra bevoegdheden\npl:Wikiźródła:Administratorzy i Biurokraci\npt:Wikisource:Administradores\nro:Wikisource:Administratori\nsr:Викизворник:Администратори\nsv:Wikisource:Administratörer\ntr:VikiKaynak:Yöneticiler\nvi:Wikisource:Người quản lý\nzh:Wikisource:管理员", "subject": ["Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 292, "cyrillic": 0.729}
{"id": "2142", "title": "Битола, бабам, Битола", "text": ":Битола, бабам, Битола,\n:Таму се живот живее.\n:Таму се живот живее,\n:Таму се јаде и пие.\n:Битола-мајска природа,\n:Битола-златна градина.\n:Со лични моми убави,\n:На лице бели црвени.\n:Битола, бабам, Битола,\n:Кој ми те толку проколна,\n:Да раѓаш моми убави,\n:Да лудат сите беќари.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0%2C_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%BC%2C_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2012", "title": "АСНОМ , документ 2", "text": "З А П И С Н И КСоставен на првото заседание на проширениот Иницијативен одбор за свикување на македонското народно собрание, одржано на 30 април 1944 година.\n30 април 1944 г.\nЗаседанието го отвори командантот на Главниот штаб на Македонија, генерал Михаил Апостолски. Присаствуваја членовите на Иницијативниот одбор - 15 делегати од Македонија. Генерал Апостолски даде преглед на досегашната работа на Иницијативниот одбор за свикување на македонското народно собрание и го предложи следниот дневен ред:\n1. Проширение на Иницијативниот одбор:\n2. Одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб и Иницијативниот одбор и дадените согласија пред АВНОЈ;\n3. Предложение, Методи Андонов-Ченто, претседател на Иницијативниот одбор, за свикување на македонското народно собрание да отиде како претставител на Иницијативниот одбор при Врховниот штаб на Југославија и АВНОЈ;\n4. Прашање за македонската емиграција во Бугарија.\nПо првата точка на дневниот ред генерал Апостолски ја предложи следната листа на проширениот Иницијативен одбор за свикување на македонското народно собрание и за работното тело на Иницијативниот одбор, која ќе биде едногласно одобрена:\nПретседател: Методи Андонов - Ченто, од Прилеп,\nПотпретседатели:\n1) Мане Чучков, директор на гимназија од Штип,\n2) Бане Андрејев; јавни работник од Велес,\nСекретари:\nд-р Кирил Миљовски, ветеринарен лекар од Битола,\nКирил Григоров, адвокат од Штип.\nЧленови:\nГенерал Михаил Апостолски, од Штип,\nЦветко Узуновски, политички комесар на Главниот штаб на Македонија, од Ресен,\nКирил Петрушев, типограф од с. Богданци - Гевгелиско,\nЕпаминода поп-Антонов, професор, од Струмица,\nСтрахил Гигов, заменик политички комесар на Главниот штаб на Македонија, од Велес,\nНикола Минчев, учител од Кавадарци,\nПетре Пирузе, адвокат од Охрид,\nМара Нацева, работничка од Куманово,\nБлагој хаџи-Панзов, адвокат од Велес,\nД-р Владо Полежина, правник од Кичево,\nРисто Бојалцалиев, приватен чиновник од Гевгелија,\nБорко Темелков, работник од Прилеп,\nТодор Пецов - Циповски,\nПанко Брашнаров, од Велес,\nТодор Звездин, од Скопје,\nГенадија Лешко, од Бродско,\nМилан Стефанов, од Прилеп.\nРаботно тело на Иницијативниот одбор:\nПретседател: Методија Андонов - Ченто,\nПотпретседател: Мане Чучков,\nСекретар: Кирил Григоров,\nЧленови:\n1) Кирил Петрушев,\nСтрахил Гигов,\nМара Нацева,\nЕпаминонда поп-Антонов.\nПо второто прашање, за одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб на Македонија и досегашниот Иницијативен одбор и дадените согласија пред АВНОЈ, генерал Апостолски и Методи Андонов - Ченто, објасниха оти Главниот штаб и Иницијативниот одбор са биле принудени да земат важни решенија поради нуждата која се налагаше од развојот на меѓународното положение и развојот на собитијата во Југославија, да се определи положението на Македонија во денешната борба, без да може да се чека формирањето на едно редовно народно собрание. Тие решенија са следните: Македонија денеска се бори рамо до рамо со сите југословенски народи за една нова демократска и федеративна Југославија, во која Македонија ќе биде една од шесте федеративни, равноправни единици. Таја воља Главниот штаб на Македонија е прокламира преку својте делегати пред АВНОЈ. Исто така, тој делегира свој преставители во пленумот на АВНОЈ и президиумот на АВНОЈ. Со земањето на тија решенија се определује наполно положението на Македонија во денешната борба. Това се изјаснува исто така и со издавањето на манифестот од Главниот штаб кој ги прокламира сите тија принципи. Членовите на проширениот Иницијативен одбор ги одобрават земените решенија и се согласјават со досегашната работа на Главниот штаб и Иницијативниот одбор.\nПо предложението, Методи Андонов - Ченто да отиде како претставител на Иницијативниот одбор при АВНОЈ и Врховниот штаб на нова Федеративна Југославија, сите членови се согласија да се земе това решение, имајќи предвид оти присуството на Ченто ќе даде возможност да имаме непосреден и близок контакт со одговорните тела на Федеративна Југославија, за да се изнесе правото положение на Македонија од нејн одговорен претставител. (Решението е дополнето на седницата на Иницијативниот одбор од 6 мај 1944 година со тоа што, покрај Методи Андонов-Ченто, во делегацијата влегоа Киро Петрушев и Емануил Чучков - б.р.).\nПо прашањето за македонската емиграција во Бугарија, Бане Андрејев предлага, и след поопширна дискусија со приема, да се направат следните дејствија:\nа) да се испрати еден општ позив до целата емиграција во Бугарија и да се покани да се приклучи на борбата на македонскиот народ;\nб) да се испратат лични писма до видни Македонци од емиграцијата и да се поканат да вземат учестие во борбата што е води денеска целиот македонски народ,\nв) да се испратат писма до сите македонски братства во Бугарија, во кои да им се објасни линијата на нашата борба и да се поканат да извршат мобилизација на сите свои сили.\nНа крајот, след исчерпувањето на дневниот ред, Страхил Гигорв предложи да се испратат поздравни телеграми до: Тито, АВНОЈ и Димитар Влахов. Предложението се прие еднодушно. След това, заседанието ја прикључи својата работа.\n:Претседател:М. А. Ченто(п)\n:Секретар:К. Глигоров(п)\n:Членови: (п) генерал М. Апостолски\n:(п) М. Р. Чучков\n:(п) Еп. Антонов\n:(п) Б. Х. Панзов\n:(п) Страхил Гигов\n:(п) Мара Нацева\n:(п) Бано Андрејев\n:(п) Кирил Петрушев", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_2", "word_count": 790, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2092", "title": "Викиизвор:Список на администратори", "text": "Доколку имате потреба да контактирате со некој администратор за\n* бришења\n* враќање на бришења\n* заштита на страници\n* пријава на вандализам\n* ... или било какви други сисоп активности\nВе молиме видете: Барања за администраторско внимание\nДоколку сакате да дискутирате за нешто директно со администратор ве молиме посетете една или неколку од корисничките страници подолу.\n1 Активни\n''Овие корисници работеле на Викиизвор во текот на последните неколку недели, иако тие може да хибернираат или да се зафатени со други активности во моментот.''\n1.1 М\n#MacedonianBoy\n2 Полу-активни\n''Овие корисници се помалку активни од тие горе, но сепак уредуваат барем понекогаш.''\n3 Поранешни администратори\n:''Видете Викиизвор:Поранешни администратори''\n4 Поврзано\n* Автоматски-генерирана листа на администратори\nsr:Викизворник:Списак администратора", "subject": ["Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 116, "cyrillic": 0.982}
{"id": "1907", "title": "Времена спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија", "text": "Обединети Нации\nВремена Спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија\nЊуjорк, 13 Септември 1995\nВремена Спогодба\nМинистерот Каролос Папуљас, претставувајќи ја Првата Страна ( „Претставник на Првата Страна“) и министерот Стево Црвенковски, претставувајќи ја Втората Страна ( „Претставник на Втората Страна“), со ова ИЗЈАВУВААТ И СЕ СОГЛАСУВАА на следното:\nПовикувајќи се на принципот за неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државите, вграден во Завршниот Акт на Конференцијата за Безбедност и Соработка во Европа, потпишана во Хелсинки,\nИмајќи ги предвид правилата на Повелбата на Обединетите нации, и поточно, правилата кои се однесуваат на должноста државите да се воздржуваат во нивните меѓународни односи од закана и употреба на сила против територијалниот интегритет и политичката независност на која било држава,\nВодени од духот и принципите на демократија и основните права и почитувањето на човековите права и достоинство, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, како и со Хелсиншкиот Завршен Акт, Париската Повелба за нова Европа и соодветните акти на Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа,\nЗемајќи го предвид нивниот взаемен интерес за одржување на меѓународниот мир и безбедност, особено во нивниот регион,\nСо желба да ја потврдат постоечката граница меѓу нив како трајна меѓународна граница,\nПотсетувајќи се на нивните обврски да не се мешаат, со каков било предтекст и во каква било форма, во внатрешните работи на другиот,\nСакајќи да ги развијат нивните взаемни односи и да постават цврста основа за клима на спокојни односи и разбирање,\nСфаќајќи дека економската соработка е важен елемент за развојот на взаемните односи на стабилна и цврста основа, како и сакајќи да ја развијат и промовираат идната соработка,\nСо желба да се постигнат извесни времени договори, кои ќе обезбедат основа за да се договори трајна Спогодба\nСе согласија на следното:\n1 А. МЕРКИ ЗА ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА И ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ\nЧлен 1\n1. Со влегувањето на сила на оваа Времена Спогодба, Првата Страна ја признава втората страна како независна и суверена држава, под привремена одредница воспоставена во писмото на Првата Страна со датум на оваа Привремена Спогодба, а Страните во најскор датум ќе воспостават дипломатски односи на усогласено рамниште со конечна цел тие да бидат подигнати на амбасадорско ниво.\n2. Првата Страна, што е можно најбрзо ќе воспостави канцеларија за врска во Скопје, главниот град на Втората Страна, а Втората Страна, што е можно најбрзо ќе воспостави канцеларија за врски во Атина, главниот град на Првата Страна.\nЧлен 2\nСтраните овде ја потврдуваат нивната заедничка граница како трајна и неповредлива меѓународна граница.\nЧлен 3\nСекоја од Страните се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна. Ниту една Страна нема да поддржува активности на трета страна насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна.\nЧлен 4\nСтраните ќе се воздржуваат, во согласност со целите и принципите на Повелбата на Обединетите Нации, од закана или употреба на сила, вклучувајќи ја и употреба на сила насочена кон повреда на постоечката граница, и се согласуваат дека ниту една од нив нема да иснесува или подржува барања насочени накај територијата на другата Страна, или барања за промена на нивната постоечка граница.\nЧлен 5\n1. Страните се согласуваат да ги продолжат преговорите под надзор на Генералниот Секретар на Обединетите Нации, предвидени со Резолуцијата 845 (1993) со намера за постигање на согласност во врска со разликите опишани во таа резолуција и со Резолуцијата 817 (1993).\n2. Признавајќи дека постои разлика меѓу нив во врска со името на Втората Страна, секоја страна ги задржува сите права кои се во согласност со наведените обврски превземени со оваа Времена Спогодба. Страните ќе соработуваат со намера да ги подобрат нивните взаемни односи, без оглед на нивните позиции во однос на името на Втората Страна. Во тој контекст, страните ќе превземат практични мерки, вклучувајќи и како ќе се однесуваат во однос на документацијата, за да се одвиваат нормални трговски и економски односи меѓу нив, на начин кој е конзистентен со нивните респективни позиции во однос на името на Втората Страна. Страните ќе превземат практични мерки за разликата во однос на името на Втората Страна не ги попречува, ниту се меша во нормалните трговски и економски врски меѓу Втората Страна и трети страни.\nЧлен 6\n1. Втората Страна овде свечено изјавува дека ништо во нивниот Устав, а особено во Преамбулата и во Членот 3 од Уставот, не може, ниту треба да биде толкувано, ниту кога било ќе биде толкувано како основа за какво било побарување од Втората Страна на каква било територија која не е во нивните посоечки граници.\n2. Втората Страна овде свечено изјавува дека ништо во нивниот Устав, а особено членот 49, како што е изменет со Амандман, не може, ниту треба да биде толкувано, нито кога било ќе биде толкувано како основа за Втората Страна да се меша во внатрешните работи на друга држава за да заштитува статус и права на кој било други личности во други држави кои не се граѓани на Втората Страна.\n3. Втората Страна уште свечено изјавува дека толкувањата во параграф 1 и 2 од овој член нема да бидат поништени со какво било друго толкување на нејзиниот Устав.\nЧлен 7\n1. Секоја Страна ќе превземе брзи и ефикасни мерки да забрани непријателска активност и пропаганда од агенции контролирани од државата и да обесхрабри акти од приватни ентитети кои повикуваат на насилство, омраза и непријателство спрема другата страна.\n2. Со стапувањето во сила на оваа Привремена Спогодба, Втората Страна ќе престане да го користи на каков било начин, симболот прикажан на нејзиното национално знаме до пред влегувањето во сила на оваа Спогодба.\n3. Ако која било Страна смета дека еден или повеќе симболи кои претставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство се користени од другата Страна, таа ќе и’ го предочи тоа на другата Страна, и другата Страна ќе превземе соодветни корективни активности или ќе објасни зошто не смета за потребно тоа да го стори.\nЧлен 8\n1. Страните ќе се воздржуваат од наметнување на какво било ограничување на слободниот проток на луѓе и стоки меѓу нивните територии и преку територијата на која било Страна до територијата на другата. Обете Страни ќе соработуваат во насока на олеснување на таквото движење и во согласност со меѓународниод закон и обичај\n2. Страните се согласуваат дека Европската Унија и Соединетите Држави можат да бидат замолени да дадат помош во однос на разввањето на практичните мерки наведени во параграфот 2 од членот 5, исто како и да им помогнат на Страните во спроведувањето на членот 8. .\n2 Б. ЧОВЕКОВИ И КУЛТУРНИ ПРАВА\nЧлен 9\n1. Страните во сите нивни постапки ќе се раководат од духот и принципите на демократија, основни слободи, почитување на човековите права и слободи, владеењето на законот, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, Универзалната Декларација за Човековите Права, Европската Конвенција за Заштита на Човековите Прави и Основни Слободи, Меѓународната Конвенција за Отстранување на Сите Облици на Расна Дискриминација, Конвенцијата за Правата на Детето, Хелсиншкиот Завршен Акт, документот на Копенхагеншката Средба и Конференцијата за Човековите Димензии на Конференцијата за Безбедност и Соработка во Европа и на Париската Повелба за Нова Европа.\n2. Ниту едно право или инструмент наведен во претходниот параграф 1 не може да се толкува во смисла да им дава право да превземаат постапки спротивни на целите и принципите на Повелбата на Обединетите Нации, или на Завршниот Хелсиншки Акт, вклучувајќи го и принципот на територијален интегритет на Државите.\nЧлен 10\nУбедени дека развојот на врските меѓу луѓето е неопходен за унапредување на разбирањето и добрососедските односи на двата народи, Страните ќе ги охрабруваат контактите на сите соодветни рамништа и нема да обесхрабруваат средби меѓу нивните граѓани во согласност со меѓународниот закон и обичај.\n3 Ц. МЕЃУНАРОДНИ, МУЛТИЛАТЕРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ\nЧлен 11\n1. По стапувањето во сила на оваа Времена Спогодба, Првата Страна се согласува да не се противи на пристапување или полноправно зачленување на Втората Страна во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции на кои Првата Страна е член, но Првата Страна го зачувува правото да се противи на какво било членство наведено погоре ако и само во случај да Втората страна е ословувана во таквите организации и институции различно одошто во параграфот 2 на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации.\n2. Страните се согласуваат дека тековниот економски развој на Втората Страна треба да биде поткрепен преку меѓународна соработка, колку што е тоа можно со блиски врски меѓу Втората Страна и Европската Економска Област и Европската Унија.\n4 Д. ВО ОДНОС НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СПОГОДБИ\nЧлен 12\n1. Со влегувањето во сила на Времената Спогодба, Страните ќе се раководат во нивните меѓусебни односи во согласност билатералните договори кои беа склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата Страна на 18 Јуни 1959 година:\n(а) Конвенцијата за меѓусебните правни односи\n(б) Спогодбата за реципрочно признавање и спроведување на судски решенија и\n(в) Спогодбата за хидро-економските прашања.\nСтраните веднаш ќе се спогодат со цел да склучат нови спогодби кои во суштина ќе бидат слични на оние наведени погоре.\n2. Страните ќе се консултираат за да ги утврдат другите спогодби случени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата Страна кои ќе ги сметаат за применливи во нивните меѓусебни односи.\n3. Страните можат да склучуваат додатни билатерални договори во областите од взаемен интерес.\nЧлен 13\nСо оглед на фактот дека Втората Страна нема пристап до море, Страните ќе се водат од соодветните правила на Обединетите Нации од Законот за Море, до степен применлив во практика и кога за тоа ќе се постигнат соодветни спогодби.\nЧлен 14\n1. Страните ќе го охрабруваат развојот на пријателски и добрососедски односи меѓу нив и ќе ја зајакнуваат економската соработка во сите области, вклучително и на областа за управување со водите. Во практика тие ќе гиподдржуваат, на реципрочна основа, патните, железничките, пловните и воздушните транспортни врски, со употребата на најдобрите достапни технологии, и ќе поддржуваат транзит на нивните добра меѓу нив и преку нивните територии и пристаништа. Страните ќе ги почитуваат меѓународните правила и закони во врска со транзитот, телекомуникацијата, знаците и кодовите.\n2. Страните се согласуваат да започнат преговори со цел веднаш да се применат спогодбите за соработка во гореспоменатите обласи, земајќи ги предвид обврските на Првата Страна кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската Унија и од други меѓународни инструменти. Таквите спогодби ќе се однесуваат на визи, работни дозволи, „зелени карти“ осигурувања, транзит низ воздушниот простор и економска соработка.\n5 Ѓ. ЕКОНОМСКИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ, ПРАВНИ И ОДНОСИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВАТА ОКОЛИНА\nЧлен 15\n1. Страните ќе ги зајакнуваат нивните економски врски на сите полиња.\n2. Страните особено ќе го подржуваат развојот и соработката во областа на капиталните инвестиции, како и индустриската соработка. Особено внимание ќе им биде посветено на соработката меѓу малите и средните претпријатија.\nЧлен 16\n1. Страните ќе ја развиваат и унапредуваат научната и техничката соработка, како и соработката од областа на образованието.\n2. Страните ќе ја зајакнат размената на информации од научната и техничката документација, и ќе се стремат да го унапредат взаемниот пристап до научните и истражувачките институции, архиви, библиотеки и слични институции.\n3. Страните ќе ги подржуваат иницијативите од научните организации и поединци насочени кон унапредување на соработката во науката.\nЧлен 17\n1. Страните ќе посветат особено внимание да одбегнат да ја загрозуваат природната околина и да ги сочуваат условите за живот во езерата и реките кои ги делат двете Страни.\n2. Страните ќе соработуваат во отстранувањето на сите облици на загадување во пограничните области.\n3. Страните ќе се стремат да ги развијат и усогласта стратегиите и програмите за регионална и меѓународна соработка и за заштита на човековата околина.\nЧлен 18\nСтраните ќе соработуваат во залечувањето на последиците од природните несреќи.\nЧлен 19\n1. Страните ќе соработуваат во унапредувањето и промовирањето на деловните и туристичките патувања.\n2. Во согласност со обврските на Првата Страна кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската Унија и од релевантните инструменти на Унијата, Страните ќе прават заеднички напори да ги унапредат и забрзаат царинските и граничните формалност, вклучувајќи го и поедноставувањето на издавање виза за граѓаните на другата страна, земајќи го предвид Членот 5, Параграф 2 од оваа Времена Спогодба.\n3. Страните ќе се трудат да ги унапредат и модернизираат постоечките гранични премини, како што е тоа неопходно за слободен проток на сообраќајот, и ќе воспостават нови гранични премини, како што е неопходно.\nЧлен 20\nСтраните ќе соработуваат во борбата против организираниот криминал, тероризам, економскиот криминал, криминалот со наркотици, нелегалната трговија на културни добра, повредата на цивилниот авио транспорт и фалсификувањето.\n6 Е. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 21\n1. Страните ќе ги разрешуваат сите несогласувања исклучиво со мирни средства во согласност со Повелбата на Обединетите Нации.\n2. Секоја разлика или недоразбирање кое ќе се појави меѓу страните во врска со толкувањето на оваа Времена Спогодба може да се достави од која и да е од страните до Меѓународниот Суд за Правда, освен разликите посочени во Членот 5, параграф 1.\nЧлен 22\nОваа Времена Спогодба не е насочена против ниту една држава или ентитет и не се мешат во правата и обврските кои произлегуваат од билатералните и мултилатералните спогодби на сила кои Страните ги имаат заклучено со други држави или меѓународни организации.\nЧлен 23\n1. Оваа Времена Спогодба ќе влезе во сила и ќе стане ефективна на тринаесеттиот ден од датумот на кој ќе ја потпишат претставниците на Страните, како што е приготвено подолу.\n2. Оваа Времена Спогодба ќе остане во сила се додека не биде заменета со трајна спогодба, со тоа што после седум години секоја од Страните може да се повлече од оваа Времена Спогодба со писмен допис, кој ќе стапи на сила 12 месеци после доставувањето до другата Страна.\nСО ОВА СЕ ПОСВЕДОЧУВА дека Страните, преку нивните овластени претставници, ги потпишаат трите копии на Времената Спогодба на Англиски јазик, кои ќе бидат регистрирани во Секретаријатот на Обединетите Нации. Во рок од два месеци од датумот на потпишувањето, Обединетите Нации треба да подготват, во согласност со Страните, преводи на јазикот на Првата Страна и на јазикот на Втората Страна, кои ќе претставуваат дел од регистрацијата на оваа Спогодба.\n______________________________________________________________________________________________\nСајрус Венс\nСпецијален Пратеник на Генералниот Секретар на Обединетите Нации.\nen:Interim Accord Between the Hellenic Republic and the former Yugoslav Republic of Macedonia", "subject": ["Историја на македонскиот народ", "Историја на Грција", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%93%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 2322, "cyrillic": 0.993}
{"id": "2143", "title": "Благуњо дејче, пожаранче", "text": "Благуњо дејче, пожаранче е тетовска староградска песна. Ја опишува неостварената љубов на тетовецот Аце кон убавицата Благуња, родум од гостиварското село Пожаране.\nБлагуно дејче, мори, пожаранче;\nОтвори ми џамли пенџер,\nСакам да те видам јас.\nДеј гиди, Аце, море аџамијо;\nШто да ти отворам пенџер\nКога не те сакам јас?\nБлагуно дејче, мори, пожаранче;\nЈа подај си руси коси,\nСакам да ги мрсам јас.\nДеј гиди, Аце, море аџамијо;\nШто да давам руси коси\nКога не те сакам јас?\nБлагуно дејче, мори, пожаранче;\nЌе продадам сарај куќа\nСамо да те земам јас.\nДеј гиди, Аце, море аџамијо;\nНе продавај сарај куќа,\nТебе не те сакам јас.\nЈас си имам друго либе,\nНего си го сакам јас.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\nbg:Благуно дейче пожаранче", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D1%83%D1%9A%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D1%98%D1%87%D0%B5%2C_%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 125, "cyrillic": 0.992}
{"id": "2149", "title": "Со маки сум се родила", "text": ":Со маки сум се родила,\n:со жалости јас ќе си умрам.\n:Маките да ми ги напишете\n:озгора на гробот мој. 2х\n:Ќе се качам на планина,\n:ќе влезам в темни пештери,\n:очите да ми паралдисаат,\n:сонцето да не го видам. 2х\n:Ќе слезам долу в ѓул-бавчи,\n:кај тие росни цвеќиња,\n:кај тој алов катмер каранфир,\n:кај тој ран бел босилок. 2х\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Andrej Stanojoski(kompozitor)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%BC_%D1%81%D0%B5_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2044", "title": "Македонски народни песни/ Великина", "text": ": Ја на мајка ти, Велико, ја на мајка ти,\n: Ја на мајка ти, Велико, торба круши,\n: Велико, торба круши.\n: Нека јаде, Велико, нека јаде,\n: Нека јаде, Велико, да не лафе,\n: Велико, да не лафе.\n: Са ноќ седе Доне, круши јаде,\n: Круши јаде, Доне, мен ма чува,\n: Доне, мен ма чува.\n: Ја на татко ти, Велико, ја на татко ти,\n: Ја на татко ти, Велико, ока тутун,\n: Велико, ока тутун.\n: Нека тегли, Велико, нека тегли,\n: Нека тегли, Велико, да не врева,\n: Велико, да не врева.\n: Са ноќ седе Доне, тутун тегле,\n: тутун тегле, Доне, мен ма чува,\n: Доне, мен ма чува.\n: Ја на баба ти, Велико, ја на баба ти,\n: Ја на баба ти, Велико, ока в’лна,\n: Велико, ока в’лна.\n: Нека преде, Велико, нека преде,\n: Нека преде, Велико, да не врева,\n: Велико, да не врева.\n: Са ноќ седе Доне, в’лна преде,\n: Круши јаде, Доне, мен ма чува,\n: Доне, мен ма чува.\n: Ја на баба ти, Велико, ја на баба ти,\n: Ја на баба ти, Велико, ока в’лна,\n: Велико, ока в’лна.\n: Нека преде, Велико, нека преде,\n: Нека преде, Велико, да не врева,\n: Велико, да не врева.\n: Са ноќ седе Доне, в’лна преде,\n: в’лна преде, Доне, мен ма чува,\n: Доне, мен ма чува.\n: Ја на братчето, Велико, ја на братчето,\n: Ја на братчето, Велико, сиво којнче,\n: Велико, сиво којнче.\n: Нека вјава, Велико, нека вјава,\n: Нека вјава, Велико, да не врева,\n: Велико, да не врева.\n: Са ноќ седе Доне, пушка чиста,\n: пушка чиста, Доне, мен ма чува,\n: Доне, мен ма чува.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Надворешна врска\nОваа песна е собрана од селото Куфалово, од околината на Солун.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 273, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2094", "title": "Викиизвор:Барања за администраторски статус/MacedonianBoy", "text": ":''Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина\n:''Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:Ја прифаќам номинацијата. (29.04.2009 во 14:00, завршува на 06.5.2009 во 14:00 часот)\nЗа мене администраторскиот статус на Викиизвор на македонски јазик е само една обврска повеќе кон енциклопедијата на којашто сум активен. Мислам дека сум и потребен на Викиизвор на македонски јазик, а администраторскиот статус би ми ја олеснил работата и би ми дал можност за полесно реализирање на нови идеи. Со големо задоволство се номинирав и ја потврдувам својата номинација.\n0.0.1 Прашања за кандидатот\nДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Викиизвор како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.\n:1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?\n::О: Се кандидирам за администратор тука зошто на Викиизвор воопшто нема администратори и има потреба од администраторско внимание овој проект. Како прво се кандидирам за да помогнам про средување на техничките работи на овој проект, средување на целиот проект и подобрување на техничките и основните принципи на истиот. Исто така, овој проект има потреба од админ.\n:2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?\n::О: На овој проект ја направив главната страница, базирана на англиската и средував повеќе технички работи.\n:3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?\n::О: Не, воопшто не сум бил во контанкт со други корисници тука зошто скоро и да ги нема.\n0.0.2 Општи коментари\n----''Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.''\n0.0.3 Дискусија\n*\n0.0.3.1 За\n#* Гласам за . На викиизвор и е потребен администратор. --GStojanov 14:09, 1 мај 2009 (UTC)\n* . Потребен е администратор. --Filip M 14:10, 1 мај 2009 (UTC)\n* . По дифолт --Raso mk 15:59, 1 мај 2009 (UTC)\n* --Brest 19:41, 5 мај 2009 (UTC)\n0.0.3.2 Против\n# Wikisource needs Administrator, not Ultranationalist. Regards! --StanProg 22:31, 5 мај 2009 (UTC)\n0.0.3.3 Воздржани\n#\n1 Резултат\nГласањето е завршено.\nКорисникот MacedonianBoy е избран за администратор на Викиизвор со 4 гласови за и 1 против.", "subject": ["Барања за администраторски статус"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%81/MacedonianBoy", "word_count": 404, "cyrillic": 0.945}
{"id": "2258", "title": "Абер ми дојде", "text": ";Абер ми дојде од мојто либе, [x2]\n:јас да идам јас да го видам. [x2]\n:Дали е болно или е здраво [x2]\n:или за мене болно легнало. [x2]\n:Кога отидов да го видам, [x2]\n:стана либе ме прегрна. [x2]\n:Абер ми дојде од мојто либе\n:јас да идам, јас да го видам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%80_%D0%BC%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5", "word_count": 57, "cyrillic": 0.893}
{"id": "1953", "title": "Манифест на ТМОРО-ВЕП", "text": "М А Н И Ф Е С Т\nна ТМОРО - ВЕП\nБРАЌА И СЕСТРИ, МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ !!!\nГи живееме едни од најдраматичните мигови во поновата македонска историја,мигови на конечната разрешница на наталожените балкански премрежиња,мигови на конечната разрешница на последните нерешени европски прашања.\nПод покровителство на меѓународната заедница веќе две десетлетија на Балканот се водат крвави војни, со кои се бришат постојните, а се испишуваат новите државни граници. Веќе две десетлетија се одвива, за многумина, невидливиот процес за создавање природни (етнички чисти или големи) држави на балканските народи.\nНевидлив, посебно за неподготвените македонски политичари, чиј единствен став се упатствата за политичко делување добиени од Брисел и Вашингтон. Македонските политичари, кои, свесни за сопствената неспособност, успешно Ви ја наметнаа тезата дека немањето сопствен став и мислење е голема доблест и мудрост, а клечењето пред американските амбасадори патриотизам и државотворност. Наспроти тоа, сакаат да Ве убедат дека искажувањето сопствен став во заштита на интересите на македонскиот народ и држава е радикализам и ерес, па, како таков, е забранет и анатемисан.\nБРАЌА И СЕСТРИ, МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ !!!\nТокму заради тоа, решивме да Ви се обратиме на ваков начин. Решивме да Ви ја кажеме добро криената вистина за она што се случува и ќе се случува.\nИмено, по распадот на СФРЈ, големиот проект за создавање природни држави на балканските народи, предвидува распаѓање и на неколку од неа создадени држави. Последната територијална поделба на Република Македонија е во функција токму на овој проект. И, по завршувањето на процесот на распаѓање, следната фаза во длабоко осмислениот проект од Ленгли, би требало да биде повторно обединување на територии, но овојпат, според едни новоисцртани граници.\nВо меѓувреме, сите балкански држави, нивните академии на науки, нивните политички партии и нивните влади изготвија стратегии за создавање свои природни држави и поитаа да заземат што подобра позиција на стартот на трката за територии. Така, сите наши соседи подготвено ја очекуваат новата, се поизвесна конференција за Балканот на која ќе се испишат новите граници.\nЕдинствено македонските политички партии, македонската академија на науки, досегашните македонски влади и претседатели, како и во 1913-та во Букурешт, влегуваат неподготвени и без сопствена стратегија. Немајќи сопствена стратегија, опстанокот на државава го темелат само и само врз скориот влез во воената НАТО организација.\nИ, веќе на почетокот на април, кога влезот во НАТО ќе остане само пуста желба на вазалните македонски политичари, македонскиот народ и држава ќе останат препуштени на милост и немилост, со партии на кои ќе им пропадне единствената стратешка точка, со партии кои не ќе знаат што понатаму, со партии, кои, немајќи стратегија, едноставно ќе капитулираат пред налетите на случувањата потоа. А потоа, доколку и ние како народ не влеземе во проектот и не се заложиме за формирање сопствена природна држава, за жал, ќе ја доживееме поделбата на Република Македонија и уништувањето на македонскиот сон.\nБРАЌА И СЕСТРИ, МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ !!!\nЕдинствена надеж за напатениот и поделен македонски народ е возобновувањето на автентичната македонска мисла, како СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА за формирање природна македонска држава на целата нејзина територија. Со тоа, вистинската македонска мисла, мислата на нашите дедовци и прадедовци за обединета македонска држава, како СОВРЕМЕНА ПОЛИТИЧКА ПЛАТФОРМА, ќе се наметне пред меѓународната заедница во нејзиниот проект за создавање природни држави на балканските народи. Со еден збор,\nВЕ ПОВИКУВАМЕ\nСите заедно да се заложиме за реафирмација на македонската мисла за создавање ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА, како единствен реален услов за опстанокот на македонскиот народ.\nБРАЌА И СЕСТРИ, МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ !!!\nМакедонскиот народ има само две можни насоки на движење: да ги следи упатствата на Брисел и Вашингтон и партиите кои работат според нив, или да размисли со сопствена глава и да создаде политичка сила - партнер на меѓународната заедница во проектот за формирање природни држави на балканските народи.\nПрвата насока води кон повторна поделба на македонскиот народ и држава, како вечна монета за поткусурување на туѓите интереси. Втората насока ќе биде обид да се создаде ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА, како единствена можна иднина на македонскиот народ.\nМакедонскиот народ неповратно изгуби осумнаесет години самостојност, во кои не се изготви стратегија за негов опстанок. Неповратно изгуби осумнаесет години за да влезе во проектот за создавање природна држава. Денес, истекуваат последните мигови кога може да го стори тоа. Нашите деца го очекуваат тоа од нас, од оваа генерација Македонци.\nСЛОБОДА ИЛИ СМРТ ЗА МАКЕДОНИЈА !!!\n:::::::::::::::::::::ТАТКОВИНСКА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА\n:::::::::::::::::::::РАДИКАЛНА ОБНОВА ВАРДАР - ЕГЕЈ - ПИРИН\n:::::::::::::::::::::Претседател\n:::::::::::::::::::::Страшо Ангеловски", "subject": ["Македонски политички партии"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E-%D0%92%D0%95%D0%9F", "word_count": 713, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2259", "title": "Абер ми дојде од Солуна града", "text": ":Абер ми дојде од Солуна града\n:солунчани де бесилка стаиле,\n:ќе ми го бесат Гоцета,\n:Гоцета Делчев војвода.\n:Гоце ми се сторил\n:црно ќумурџиче\n:па ми се шетал\n:Солунска чаршија.\n:На среќа сретнал аскери\n:и на Гоцета зборуват:\n:- А бре ѓаурче, црно ќумурџиче\n:не ли го виде Гоцета,\n:Гоцета Делчев војвода?\n:- А бре аскери, вие бре аскери\n:и да го видам Гоцета,\n:јас Гоце не го познавам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%80_%D0%BC%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2257", "title": "Абер дојде од Прибилци", "text": ":Абер доjде од Прибилци,\n:од Прибилци каj мудурот.\n:Абер доjде од Jордана\n:за муќета Сулеjманот.\n:Абре муќе ефендијо,\n:да ми купиш два мансера,\n:два мансера един нумер,\n:два мансера един нумер.\n:Испрати ги Сапотница,\n:Сапотница каj Велета.\n:Сапотница каj Велета,\n:каj Велета Абедина.\n:А бре Jордан бре Пиперка,\n:абре Jордан млад Воjводо.\n:Даj ми мулвет седум дена,\n:дур' да поjдам во Битола.\n:Дур' да поjдам во Битола,\n:во Битола, во Дебоjно.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%80_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D1%86%D0%B8", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2014", "title": "АСНОМ , документ 4", "text": "П Р О Г Л А СОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ\nАвгуст, 1944 г.\nУдрени се темелите на македонската федерална држава во нова демократска и федеративна Југославија На 2 август 1944 година - Илинден - се свика првото историско Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија - АСНОМ. 122 полноправни представители, синови и ќерки на македонскиот народ, испитани низ маките и искушенијата на Народно-ослободителната борба, собрани на своето прво заседание во манастирот “Св.Прохор Пчински“, во присаствие на делегатите: од Врховниот Штаб на Маршал Тито, војните сојузнички мисии и на Главниот штаб на Србија, ја изразија суверената воља на својот народ и ги донесоја следните решенија:\nМакедонија ја прогласи за федерална држава, во нова демократска федеративна Југославија. Народното собрание се конституира во врховно законодателно и исполнително представителство на македонската федерална држава.\nСе донесе декларација, со која се гарантира слобода и равноправност на секој граѓанин и граѓанка во Македонија, без разлика на вера, националност и политичка припадност, право на секој граѓанин и граѓанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповеданието, право на бесплатна просвета, итн.\nСе формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно представителство на македонската федерална држава.\nМакедонскиот народен јазик се воведува како службен јазик.\nИлинден, 2 август, се прогласува за народен и државен празник во Македонија.\nСе формира комисија за испитување војните злодејствија, направени од окупаторите и нивните слуги.\nСе формира комисија за изработување законски проекти на македонската федерална држава.\nСе избраја 40 представители на македонскиот народ за Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија и неговиот Президиум.\nМакедонски народе!\nСо овија основни историски решенија се удрени темелите на македонската федерална држава. Това се први плодови на твојата тригодишна народно-ослободителна борба, това се првите плодови на братството и единството со другите народи на Југославија. Овија плодови претставуваат остварување на вековните идеали на нашиот народ.\nМакедонски народе!\nАнтифашиското собрание на народното ослободување на Македонија е одржано во најжестокиот бој во оваја војна, кога се кинат фашиските синџири, кога геројската Црвена армија настапува кон Берлин, а мошните сојузнички армији настапуваат од запад и југ на Париз и Германија, кога нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија навлегува во последен бој со фашиските окупатори. Во оган и крв на развихрената и решавашта битка, во зората на победата, македонскиот народ преку своето Антифашистко народно собрание си ја кажа думата за својата судба.\nФашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ами ги превземаат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Оние изнајдуваат нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да (го) поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар. Од друга страна, това исто се готви и од најголемиот издајник и слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.\nМакедонски народе! Родољуби и родољубки!\nСлободата е на прагот! Темелите на нашата федерална држава се удрени! Ама баш није сите треба да бидеме на штрек. Сега баш треба да се прибериме сите во Народно-ослободителниот фронт на Македонија во нашата Народно-ослободителна војска, за да (ги) сачуваме придобивките на досегашната борба. Краен е час за секој еден Македонец да го отфрли секое колебание и тргне во последен бој за слобода на нашиот вековно поробен народ.\nВо името на новата македонска држава, во името на нејното изградување, ние ви викаме:\nУште повеќе зацврснете го единството на целокупниот македонски народ преку Народно-ослободителниот фронт на Македонија - единството, кое ти овозможи создавање на македонската држава, единството, које ќе ти ја сочува таја држава!\nСтани целиот на воражено востание и навлези во својата Народно-ослободителна војска на Македонија, војската која ти создаде држава и која ќе знае да ти ја сочува! Разрасни ги што по скоро своите бригади во мошни дивизии и корпуси!\nУште посилно пристапите кон формирањето на народно-ослободителните одбори, органите на новата народно-демократска власт, преко која треба да се соберете за изградувањето на новата македонска држава!\nДА Е ЖИВА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА!\nДА Е ЖИВО АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.\nПРЕЗИДИУМ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА\nПретседател: МЕТОДИ АНДОНОВ - ЧЕНТО, трговец од Прилеп.\nПотпретседатели: ПАНКО БРАШНАРОВ, учител од Велес и ЕМАНУИЛ ЧУЧКОВ, директор на гимназија од Штип.\nСекретари: ЉУБЧО АРСОВ, банк(арски) чин(овник) од Штип и др. ВЛАДИМИР ПОЛЕЖИНОВСКИ, правник од Кичево.\nЧленови:\nВЕНКО МАРКОВСКИ, поет од Скопје;\nЦВЕТКО УЗУНОСКИ, работник од Преспа,\nБОГОЈА ФОТЕВ, земљоделец од с. Бистрица (Битолско);\nгенерал-мајор МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ, командант на НОВ и ПО на Македонија, од Штип;\nСТРАХИЛ ГИГОВ, нач(алник) (на) персон(алниот) отдел на Гл(авниот) штаб, од Велес;\nПЕТРЕ ПИРУЗЕ, адвокат од Охрид;\nКИРИЛ ПЕТРУШЕВ, работник од Скопје;\nИВАН ЈОРГОВ, свештеник од с. Дреново (Кавадарско);\nЕПАМИНОНДА ПОП-АНДОНОВ, професор од Струмица;\nГЕНАДИЕ ЛЕШКОВ, земљоделец од с. Дреново (Бродско);\nЌЕМАЛ АГОЛИ, студент од Дебар;\nЛАЗАР СОКОЛОВ, економист од Куманово;\nВЕРА АЦЕВА, домаќинка од Прилеп;\nКАМБЕР ХАСАН, земљоделец од с. Д. Дисан (Неготинско);\nАЦО ПЕТРОВСКИ, кројач од Скопје;\nМЛАДЕН ГЕОРГИЕВ ЧЕЛОПЕЧКИ, земљоделец од с. Челопек (Кумановско);\nЉИЉАНА ЧАЛОВСКА, ст(удент) од Битола.\nЧЛЕНОВИ НА АСНОМ:\nТетово:\nТодор Ципоски, работник\nинж. агр. Јордан Блажевски\nКичево:\nЗлате Кленовски, земљеделец\nД-р Владо Полежиновски, јур(ист)\nГаличник:\nмајор Тихомир Милошевски ком(андант) на III-та македонска бригада\nЈелисије Поповски, банк(арски) чин(овник)\nМино Минов, работник\nЖивко Брајковски\nГостивар: Чедо Филиповски, работник\nАлександар Георгиев, град(ежен) инж(енер)\nВидоје Смилевски, банк(арски) чин(овник)\nДебар:\nКиро Стојанов, свештеник\nРесен:\nподпор(учник) Наум Веслиевски,зам(еник) ком(андант) на III-та бригада\nЈонче Трпевски, работник\nГеорги Ивановски, учител\nИлија Божиновски, чинов(ник)\nБитола:\nдр. Киро Миљовски, вет(еринарен) лек(ар)\nвазд. мајор Вангел Чукаловски ком(андант) на I-ва удар. бригада\nкапетан Коста Јашмаков, началник на штабот на III уд(арна) бригада\nПетар Манговски, адвокат\nВасил Карангеловски, зам(еник) ком(андант) на IV-та макед(онска) бриг(ада)\nНафи Сулејман, земљоделец\nИлија Илијевски, адвокат\nКрушево:\nТомо Кутурец, чиновник\nНаум Наумовски, полком на II-та ударна бригада\nЗлате Билјановски, зам(еник) пол(итички) ком(есар) на III уд(арна) бригада.\nВелес:\nБано Андреев Ронков, пол(итички) ком(есар) на Гл(авниот) штаб на Македонија\nБлагој Х. Панзов, адвокат\nБлагоја Левков, адвокат\nМино Богданов, чиновник\nМаца Карбева, домаќинка\nСтоилко Иванов, учител\nНеготино:\nпор(учник) Лазар Калајџиев\nНајдо Стаменин, работник\nЛазо Мојсов, студент права\nБоро Чаушев, работник\nСтрумица:\nБлагоја Минков, работник\nБорис Поцков, типог(рафски) раб(отник)\nРадовиш:\nБагоја Тошевски, чиновник\nШтип:\nКирил Глигоров, адвокат\nИсак Сион, чиновник\nДимче Беловски, чиновник\nКочани:\nНикола Вражиловски, канд. адвокат\nВиница:\nКиро Михајловски, пол(итички) ком(есар) на IV-та македонска бригада\nБерово:\nСтрахил Бајовски, учител\nСкопие:\nпотпол(ковник) Панче Неделковски, зам(еник) ком(андант) на Гл(авниот) штаб\nПетар Богданов-Кочко, композитор\nМилева Сабо, работничка\nЌемал Сејфула, занатчија\nАсен Симитчиев, канд. адв(окат)\nд-р Димитар Миовски, лекар\nТодор Стојанов Звездин, суд. п. пук(овник)\nДушан Лукаров, работник\nинж. агр. Славко поп-Антовски\nБорис Атков, чиновник\nПрешево:\nАбдула Алија, работник\nОхрид:\nЛазар Гиновски, земљоделец\nКирил Чаулев, студент\nСтруга:\nВладо Малески, студент\nВасил Калајџоски, судија\nПрилеп:\nинж. арх. Кирил Георгиевски\nБорко Темелков, работник\nДимче Миревски, професор\nМилан Стефанов, земљод(елец)\nпоруч(ник) Методи Поповски, ком(андант) на II-та бригада\nТодор Ношпал, трговец\nПетар Михајлов, Тиквар, работник\nКирил Крстев, работник\nСв. Николе:\nВанчо Бурзевски, чиновник\nЛазар Кулишев, работник\nКавадарци:\nНикола Минчев, банк(арски) чин(овник)\nмајор Димче Туриманџовски, пом. нач(алник) на Гл(авниот) шт(аб) на Мак(едонија)\nИван Радњански, земљедел(ец)\nМетоди Џунов, земљедел(ец)\nГевгели:\nРисто Бајалцалиев, чиновник\nДимитар Зафиров, журнал(ист)\nпор. Иван Танев, аѓутант на Гл(авниот) штаб\nОлга Петрушева, домаќинка\nЈанко Шопов, техник\nАтанас Бојков, ком(андант) (на) Струм(ичкиот) одред\nНикола Пеев, работник\nДимитар Теменугов, п(олитички) комесар на Стр(умичкиот) о(дред)\nКуманово:\nМара Нацева, работничка\nВеселинка Малинска, чин(овник)\nГојчо Стефков, работник\nВазд. пор(учник) Боро Равњански,\nБорис Чушкаров, пол(итички) ком(есар) на III-та уд(арна) бригада\nСтојан Тодоровски, чиновн(ик)\nКратово:\nДр. Никола Мицев, вет(еринарен) лек(ар)\nпор(учник) Боро Милевски, ком(андант) на IV-та бригада\nКрива Паланка:\nТрајко Цветанов, студент\nБоро Арсов, адвокат\nПетрич:\nАтанас Атанасов, работник\nВасил Василев, работник\nКостур:\nДимитри Манџовски, зем(јоделец)\nВасил Ивановски, работник\nКукуш:\nДимитар Влахов, публицист", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_4", "word_count": 1375, "cyrillic": 0.992}
{"id": "2196", "title": "Писмо дојде од Солуна града", "text": ":Писмо дојде стара мајко море\n:од Солуна града\n:жална мајко море\n:од Солуна града\n:стара мајко море\n:д Солуна града.\n:Ју писмото пише мајко море\n:јазе кум да идам\n:жална мајко море\n:јазе кум да идам\n:стара мајко море\n:јазе кум да идам.\n:Дал да идам стара мајко море,\n:или да не идам\n:жална мајко море\n:или да не идам\n:стара мајко море\n:или да не идам.\n:Иди, иди, мили сино море,\n:зашто да не идеш,\n:мили сино море,\n:зашто да не идеш,\n:мили сино море,\n:зашто да не идеш.\n:Кумството је, мили сино море,\n:најголема рода,\n:мили сино море,\n:најголема рода,\n:мили сино море,\n:најголема рода.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1975", "title": "Закон за државните празници на Република Македонија", "text": "::::::::::::::::::::Член 1\nСо овој закон се утврдуваат државните празници на Република Македонија и другите празници и се определуваат неработените денови на празнувањето.\n::::::::::::::::::::Член 2\nДржавни празници на Република Македонија се:\n- 24 Мај, “Св. Кирил и Методиј”- Ден на сесловенските просветители;\n- 2 Август, Ден на Републиката;\n- 8 Септември, Ден на независноста;\n- 11 Октомври, Ден на народното востание;\n- 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и\n- 8 Декември, “Св. Климент Охридски”.\nПразници на Република Македонија се:\n- 1 Јануари, Нова година;\n- Божик, првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар;\n- Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;\n- 1 Мај, Ден на трудот и\n- Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.”\n::::::::::::::::::::Член 3\nПразниците од членот 2 на овој закон се неработни денови.\nДоколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.\n::::::::::::::::::::Член 4\nВо Република Македонија се празнуваат и неработни денови за верниците од православната вероисповед се:\n- Бадник, ден пред Божик ;\n- 19 Јануари, Богојавление (Водици);\n- Велики Петок, петок пред Велигден;\n- 28 Август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица); и\n- Духовден, петок пред Духовден.\nВо Република Македонија се празнуваат и неработни денови се:\n- Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од муслиманската вероисповед;\n- 22 Ноември, Ден на Албанската азбука за припадниците на албанската заедница;\n- 21 Декември, Ден на настава на турски јазик за припадниците на турската заедница ;\n- Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур за припадниците на Еврејската заедница;\n- првиот ден на Божик, вториот ден на Велигден и Празникот на сите светци, според Грегоријанскиот календар за верниците од католичката вероисповед;\n- 27 Јануари, Свети Сава за припадниците на српската заедница ;\n- 8 Април, Меѓународен ден на Ромите за припадниците на ромската заедница ;\n- 23 Мај, Национален ден на Властите за припадниците на влашката заедница и\n- 28 Септември, Меѓународен ден на Бошњаците за припадниците на бошњачката заедница.\n::::::::::::::::::::Член 5\nВо неработените денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со закон и колективен договор.\n::::::::::::::::::::Член 6\nВладата на Република Македонија со акт определува кои државни органи и други јавни служби , јавни претпријатија, трговски друштва, установи и други правни лица, се должни да работат во деновите на празниците од членовите 2 и 4 на овој закон.\n::::::::::::::::::::Член 7\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за државните празници на Социјалистичка Република Македонија (,,Службен весник на СРМ” број 16/65 и 15/72) и Законот за празниците на Социјалистичка федеративна Република Југославија(,, Службен лист на СФРЈ” број 6/74).\n::::::::::::::::::::Член 8\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 440, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2011", "title": "АСНОМ , документ 1", "text": "П И С М Она Иницијативниот одбор за свикување на Антифашистичкото Собрание за Народно Ослободуване на Македониjа (АСНОМ)\nДо сите народноослободителни одбори во Македонија (HOO)\nЦелото слободољубиво и напредно човечество води денеска борба на живот и смрт против средновековниот мрак, ропството и тиранијата, против германскиот фашизам и сите негови помагачи. Хитлерова Германија донесе на поробените европски народи најцрно средновековно ропство, глад и сиромаштија. Затоа денеска поробените од фашизмот европејски народи се придружуваат на фронтот на слободољубивите народи на чело со Советскиот Сојуз најголемата славјанска земја, со своите сојузници Англија и Америка. На тој начин и пред македонскиот народ се постави прашањето на кој фронт да се придружи. Да ли на фронтот на слободољубивите народи или на фронтот на најцрната средновековна реакција.\nНекој издајници на македонскиот народ се опитаја после разгромот на Југославија да го впрегнат нашиот народ во фашиската кола на Хитлерова Германија. Искористувајќи ја омразата на нашиот народ против старата Југославија - зандан на народите, овие издајници почнаја со својата претседателска гнасна работа, да го убедуваат нашиот народ како го ослободил Хитлер. Исто така, со сите напрегнати сили преку штампата, радиото, скаски, тржества и друго, се трудеја да му докажат на нашиот македонски народ како Македонците не са Македонци, ами Бугари или македонски Б’лгари, и оти Македонија под мудрото раководство на цар Борис се обединила со мајка Бугарија. Овие издајници за една ноќ се откажаја од својот народ и од своето национално порекло како Македонци и станаја стопроцентни Бугари.\nНо македонскиот народ не тргна по патот по кој сака да го поведат тие издајници, слуги на германо-бугарските окупатори во Македонија. Не тргна затоа што се увери на дело во течение на овие три години оти германо-бугарските окупатори и нивните слуги - на брза рака побугарени Македонци - му донесоја најцрно средновековно ропство и тиранија. Тие направија пустелија во нашата татковина. Тие извршија безброј грозни убијства и колежи над невиното население, мажи и жени и деца низ целата наша татковина. Тие потпалија безброј села во Македонија. Тие ги наполнија затворите и логорите со челадта на македонскиот народ. Тие ги ограбија селата, градовите во цела Македонија и посеаја беда и сиромаштија.\nЗатоа македонскиот народ безрезервно се определи за страната на фронтот на слободољубивите народи во борбата против предизвикателот на целото сегашно зло - германскиот фашизам и сите негови помагачи.\nВо текот на сегашната војна македонскиот народ јасно виде кој му е пријател, кој му е непријател. Тој на дело се увери оти сите народи во Југославија, со исклучение на големосрпската хегемонистичка клика, му биле и му остануваја верни пријатели и браќа во неговата цврста борба за национална слобода. Сите тие југословенски народи 23 години му биле сојузници во заедничката борба против големосрпската хегемонија против бившата Југославија - занданата на народите, борејќи се за една братска заедница на равноправност на народите на Југославија. Тие останаја негови најдобри пријатели и во оваја народно-ослободителна борба против германо-бугарските фашиски окупатори. Тие му останаја негови најдобри пријатели и сојузници во борбата на изградување уште во течението на ослободителната војна за нова државна заедница и равноправност на народите во нова демократска федеративна Југославија во која и Македонија е призната за равноправна федерална единица. Во таја нова државна заедница, која е сторена на II-та скупштина на Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија (се однесува на Второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија АВНОЈ - одржано на 29 ноември 1943 година во Јајце) македонскиот народ доби полна национална слобода и равноправност. Со това се постигнаја вековните идеали на нашиот народ за национална слобода. Со това наполно се постигна целта на Илинденското востание и целта на денешната народно-ослободителна борба. Македонскиот народ добива веќе слобода, за која даде толку многу крв и жртви.\nII\nБорбата што ја започна нашиот народ уште не е свршена. Уште нам (ни) претстојат големи борби до истерувањето на германо-бугарските фашиски окупатори и до полното ослободување на нашата татковина. Но борбата која ја поведофме дојдена е денеска до степен кој ни налага да почниме да изградуваме нова народна власт по сите градови и села по целата наша татковина. Со успешно и брзо извршување во пракса на оваја задача, нашата борба се приближува до полната победа.\nЗатова, треба брзо да пристапиме на следните задачи:\n1) Да се организираат масовни собранија по сите градови, села и општини на ослободената територија и на тие собранија да се изберат градски, селски и општински народно-ослободителни одбори, како органи на новата народна власт. На неослободената територија, пак, треба на мали тајни конференцији да се изберат градски, селски и општински народно-ослободителни одбори, који ќе бидат органи на борбата и на новата народна власт. Исто така, на градските и општински конференији да се изберат делегати (од избраните во народно-ослободителни одбори или други лица), који ќе одат на околијските конференцији.\n2) Да се организират околијски конференцији на који ќе дојдат избраните делегати (градски и општински), за да се изберат околијски НОО-и. Исто така, да се изберат и делегати за да одат на окружните конференцији.\n3) Да се организират окружни конференцији, на који ќе дојдат избраните околиски делегати. На тие конференцији да се изберат окружни НОО-и. Исто така, на тие конференцији да се изберат званични делегати на Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија. Тие делегати ќе се зберат на определено место, кај што ќе бидат повикани за формирање Антифашиско Собрание, кое ќе биде највисокиот орган и народната власт во Македонија. Во сите горе предвидени избори важно е во изборот било на мажи или на жени, без обзир на нивната верска или политичка припадност, да бидат лица који на дело покажале преданост на нашата народно-ослободителна борба. Тие треба да бидат луѓе сложни со политичката линија во Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија од октомври 1943 година. (Манифестот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, како политичко-програмски документ во кој се содржани целите на борбата на македонскиот народ, е издаден од Главниот штаб на НОВ и ПОМ во првата половина на октомври 1943 година на слободната територија во Западна Македонија, поточно во селото Црвена Вода, во подножјето на планината Караорман - б.р.) Само на тој начин и по тој пат, ние ќе можеме да го постигнеме борбеното единство меѓу фронтот и позадината, без које не може да се замисли полна победа.\nIII\nНашите НОО-и, да би одговориле на својите задачи, треба уште во текот на оваја ослободителна борба да ја превземат сета власт во своите раци. Тие треба да најдат и пат и начин да секогаш и непрестано бидат со својот народ, макар какви да се тешки условијата. Тие треба секогаш и непрестано да ги вршат своите задачи како органи на новата народна власт, која се твори денеска во огинот на ослободителната војна. Само така тие ќе можат да одговорат на големите поставени задачи.\nНикогаш не треба да се заборави оти нашиот народ денеска се најдува во течение на ослободителната војна, нашите народно-ослободителни одбори треба да извршат најширока мобилизација на позадината за помош на нашата војска, на нашиот фронт. Конкретно нашите НОО-и треба:\n1. Да извршат најширока мобилизација на нови борци за нашата млада народна војска. Акцијата за таква мобилизација треба да се спроведе со парола: сите во нашата млада војска - Сите во нашите прославени бригади.\n2. Да се спроведе најширока мобилизација на целиот народ за сестрана помош на нашата војска во храна и облекло. Акцијата за таква мобилизација треба да се спроводи со паролата: ниеден војник на нашата народна војска, која леје крф за својот народ, не смеје да биде нити гол нити бос, нити гладен.\n3. Да се подига борбениот дух кај широките народни маси, кажувајќи им за успесите на нашата прославена војска, и војските на нашите сојузници и за сигурноста на нашата победа.\nIV\nНашите НОО-и треба исто така да знајат оти тие се денеска органи на нова државна заедница, на нова демократска Федеративна Југославија, која е створена на ИИ-та скупштина на АВНОЈ. Како такви, тие треба да водат општа грижа за својот народ, неговата прехрана, здравјето и.т.н. На прво место, сите НОО-и треба да поведат нарочни грижи по прашањето за прехраната на народот. По това прашање треба брзо да се образуваат привредни комисии при секој НОО. Овие привредни комисии ќе имаат задача како помошни органи при НОО-и.\nНивните задачи би биле:\n1. Да организираат обработување на сета зиратна земја, и нејзиното посевање со жито, или друго што одговара на таја земја.\n2. Да организираат обработување на напуштената земја во полза на народно-ослободителниот фонд. Напуштена земја се смета онаја земја, на која стопаните се избегани со непријателот со целата фамилија.\n3. Да се потрудат за полскиот алат на време да е приготвен и правилно поделен.\n4. Да веднаш, брзо почнат да собират семе за оваја година. Сите НОО-и треба овогодишната полска акција да ја спроведат со парола: сe' за победата.\nФторо, сите НОО-и треба да водат строга сметка за положението на целокупното народно богатство. Затоа, НОО-и треба веднаш да пристапат на прибирање сведенија за количината на работната земја со инвентар, за количината на непријателските имоти, за количината на државни, манастирски и црквени имоти, за бројното положение на живата стока, за колите со запрега, за положенијето на индустријата, за положенијето на рудниците, срушени и несрушебни, и.т.н.\nТрето, сите НОО-и треба да водат сметка за зверствата, пакоста и сите други зулуми који ги врши окупаторот над нашиот народ, било направо, било преку својите слуги, домашните издајници. Затова, НОО-и треба веднаш да пристапат на прибирање сведенија: за бројното положение на изгорените домаќинства, и кој ги потпалил, за бројното положение на опљачканата стока од Германците и нивните слуги, за бројното положеније на бежанците на слободна територија, итн.\nЧетврто, сите НОО-и да водат сметка за положенијето на народното здравје, и за мерките кои треба да се превземат за подобрување на здравјето кај широките народни маси. Затоа, НОО-и веднаш да пристапат на прибирање сведенија за заразните болести и возможностите за изолирање на тие заразни болести и какви лекови треба за тие болести, и какво е положението на здравствената служба и. т.н. Пето, сите НОО-и треба да водат белешки за сe'; народот штио дава за нашата војска и то било со реквизиција, било доброволно, било со купување. За с1 треба да ги звестујат повисоките органи на народната власт.\nШесто, сите НОО-и треба веднаш да извршат попис на населенијето и резултатот да го достават на повисоките органи на народната власт.\nСите НОО-и треба на време и точно да пристапат за извршувањето на наредбите од ова писмо. Само со брзо и енергично спроведување на пракса задачите изнесени во ова писмо, ќе може народно-ослободителната борба во Македонија да добије еден нов полет. Само по тој пат борбата што ја започна нашиот народ ќе се распламти и ќе се рашири до сенаторната вооружена борба против фашиските окупатори и нивните слуги.\n:Смрт на фашизмот - Слобода на народот!\n:14 март 1944 година\n:Со другарски поздрав,:М. А. Ченто, с.р.\n:Претседник на Иницијативниот одбор за свикување на А.С.Н.О на Македонија", "subject": ["Македонија во Втората светска војна", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_1", "word_count": 1820, "cyrillic": 0.997}
{"id": "2261", "title": "Аир да не сториш мајко", "text": ":Аир да не сториш мајко\n:што ме надвор даде,\n:многу надалеку, мамо,\n:преку црна гора.\n:Преку црна гора, мамо,\n:преку матна вода.\n:Преку матна вода, мамо,\n:во ајдучка куќа.\n:Во ајдучка куќа, мамо,\n:деветина браќа.\n:Деветина браќа, мамо,\n:горски јаблани,\n:а мојот десетти, мамо,\n:ем горски, ем долски.\n:Везден дома седат, мамо,\n:порти затворени,\n:по изби се кријат, мамо,\n:рујно вино пијат.\n:А ко ќе се смрачи, мамо,\n:порти ми отварат.\n:Порти ми отварат, мамо,\n:по ајдутлак идат.\n:Сношти отидоја, мамо,\n:сабајле дојдоја.\n:По ридот тераја, мамо,\n:до девет товара.\n:До девет товара, мамо,\n:таја бела свила,\n:а десетти товар, мамо,\n:чиста вода сија,\n:а у вода сија, мамо,\n:глава од јунака.\n:Главата ми беше, мамо,\n:на мојто братче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%B8%D1%80_%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B5_%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%88_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2270", "title": "Ајде да одиме во Битола", "text": ":Ајде да одиме во Битола\n:во Битола, Широк Сокак\n:таму, таму има моми убави\n:моми убави, баш македонски.\n:Ајде да одиме во меана\n:во меана Тумбе кафе,\n:таму, таму точат рујно вино\n:песни пеат баш македонски.\n:Ајде да одиме на Пелистер\n:на Пелистер, Бегова чешма\n:таму, таму играат Македонци\n:оро комшиско баш македонско.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2271", "title": "Ајде да се земиме, Васе", "text": ":Ајде да се земиме, Васе, Васе\n:ајде да се земиме.\n:Како да се земиме Васе, Васе\n:кога пари немаме?\n:Пари ќе направиме Васе, Васе\n:куќа ќе направиме.\n:Васето на Тановци, Васе, Васе\n:Томе на Тозиовци.\n:Кога бевме Битола, Васе, Васе\n:шеќер, локум јадевме.\n:Шеќер локум јадевме Васе, Васе\n:ладна бира пиевме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B5", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2272", "title": "Ајде засвирете браќа свирачи", "text": ":Ајде засвирете браќа свирачи\n:да заборавам се' што ме мачи,\n:пари ќе платам, ќе ве позлатам\n:бар малку радост јас да си вратам.\n:Рефрен:\n:Играм и пеам ќе му се смеам\n:на овој живот што го живеам. [x2]\n:Оваа вечер јас се' ќе платам\n:животот краток\n:целиот век јас\n:и многу маки по него тргам.\n:Рефрен\n:Не заборавај вино и ракија\n:меани крчми мои биле,\n:јас во нив минав најлуди ноќи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0_%D1%81%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%B8", "word_count": 76, "cyrillic": 0.987}
{"id": "2275", "title": "Ајде легнала е Лилјана", "text": ":Ајде легнала е Лилјана\n:на зелената полјана.\n:Ајд’, на зелената полјана,\n:на Радевото колено.\n:Ајде, Раде ми ја будеше,\n:бело ѝ лице љубеше:\n:\"Ајде, стани, стани, Лилјано,\n:да видиш чудо големо.\n:Ајд' темен се облак зададе,\n:ситна ќе роса да зароси.\n:Ајде, три порој ќе дотечат,\n:нас двајца ќе нè однесат!\"\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%B5_%D0%9B%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2277", "title": "Ајде провикнал се Иљо Малешевски", "text": ":Ајде провикнал се\n:Иљо Малешевски [x2]\n:Иљо војводата.\n:Кој си нема пушка\n:тука нека дојде [x2]\n:пушка да му дадам.\n:Кој си нема сабја\n:тука нека дојде [x2]\n:сабја да му дадам.\n:Малешево да иде\n:душман да истера [x2]\n:од градот Берово.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D0%BB_%D1%81%D0%B5_%D0%98%D1%99%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 47, "cyrillic": 0.913}
{"id": "2155", "title": "Викиизвор:Успешни кандидатури за администраторски стаус", "text": "----:''Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина\n:''Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:Ја прифаќам номинацијата. (29.04.2009 во 14:00, завршува на 06.5.2009 во 14:00 часот)\nЗа мене администраторскиот статус на Викиизвор на македонски јазик е само една обврска повеќе кон енциклопедијата на којашто сум активен. Мислам дека сум и потребен на Викиизвор на македонски јазик, а администраторскиот статус би ми ја олеснил работата и би ми дал можност за полесно реализирање на нови идеи. Со големо задоволство се номинирав и ја потврдувам својата номинација.\n0.0.1 Прашања за кандидатот\nДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Викиизвор како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.\n:1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?\n::О: Се кандидирам за администратор тука зошто на Викиизвор воопшто нема администратори и има потреба од администраторско внимание овој проект. Како прво се кандидирам за да помогнам про средување на техничките работи на овој проект, средување на целиот проект и подобрување на техничките и основните принципи на истиот. Исто така, овој проект има потреба од админ.\n:2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?\n::О: На овој проект ја направив главната страница, базирана на англиската и средував повеќе технички работи.\n:3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?\n::О: Не, воопшто не сум бил во контанкт со други корисници тука зошто скоро и да ги нема.\n0.0.2 Општи коментари\n----''Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.''\n0.0.3 Дискусија\n*\n0.0.3.1 За\n#* Гласам за . На викиизвор и е потребен администратор. --GStojanov 14:09, 1 мај 2009 (UTC)\n* . Потребен е администратор. --Filip M 14:10, 1 мај 2009 (UTC)\n* . По дифолт --Raso mk 15:59, 1 мај 2009 (UTC)\n* --Brest 19:41, 5 мај 2009 (UTC)\n0.0.3.2 Против\n# Wikisource needs Administrator, not Ultranationalist. Regards! --StanProg 22:31, 5 мај 2009 (UTC)\n0.0.3.3 Воздржани\n#\n1 Резултат\nГласањето е завршено.\nКорисникот MacedonianBoy е избран за администратор на Викиизвор со 4 гласови за и 1 против.\n----", "subject": ["Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A3%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%83%D1%81", "word_count": 404, "cyrillic": 0.945}
{"id": "2273", "title": "Ајде кога водев коњ да појам", "text": ":Ајде кога водев мила мамо\n:коњ да појам на кладенец\n:море там' си најдов мила мамо\n:едно лично мало моме.\n:Ајде очите и' черешови\n:лицето и' јасно сонце\n:море учи мајко поучувај\n:што да правам да го земам?\n:Ајде слушај синко стара мајка\n:не лудувај по момето\n:море момето е посвршено\n:во комшии за Ѓорѓија.\n:Море ќе го грабам мила мамо\n:ќе го грабам од Ѓорѓија\n:море ќе го носам во одаи\n:во одаи на дивани.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%B2_%D0%BA%D0%BE%D1%9A_%D0%B4%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BC", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2276", "title": "Ајде Лено да ојме", "text": ":Ајде Лено д' ојме\n:долу на сред село,\n:долу на сред село,\n:собор се собрало.\n:Таму се собрале\n:и стари и млади,\n:оро заиграле,\n:песни запеале.\n:Среде во орото,\n:нашето овчарче,\n:како је дувало,\n:таја пуста гајда.\n:Сите девојчиња\n:играат и пеат,\n:убавата Цена\n:ни игра, ни пее.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D1%98%D0%BC%D0%B5", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2283", "title": "Ајде, ајде моме Стојне", "text": "Ајде, ајде моме Стојне\nајде ајде моме Стојне да бегаме. [х2]\nНе сум мома за бегање\nне сум мома либе Ѓорѓи за бегање. [х2]\nИмам платно за белење\nимам платно либе Ѓорѓи за белење. [х2]\nОстави го на мајка ти\nостави го моме Стојне на мајка ти. [х2]\nНека плаче, нека бели\nнека плаче моме Стојне нека бели. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5%2C_%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B5", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2269", "title": "Ајде воденичаре", "text": ":Ајде воденичаре, баш пријателе\n:море мојте очи твои нека бидат\n:сомели ми житото.\n:Воденицата вода ми нема\n:нети мелам житото.\n:Ајде воденичаре, баш пријателе,\n:море мојте солзи вода нека бидат\n:сомели ми житото.\n:Воденицата камен ми нема\n:нети мелам житото.\n:Ајде воденичаре, баш пријателе\n:море мојто лице твое нека биде\n:сомели ми житото.\n:Воденицата вода ми нема\n:нети мелам житото.\n:Ајде воденичаре, баш пријателе\n:море мојта снага твоја нека биде\n:сомели ми житото.\n:Воденицата вода ми има\n:ќе ти мелам житото.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%B0%D1%80%D0%B5", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2279", "title": "Ајде налутил се турскиот паша", "text": ":Ајде налутил се турскиот паша,\n:од Панаѓуриште.\n:Ајде ми повикал деветмина Турци\n:Турци разбојници/јаничари.\n:Одете фатете ја, жива донесете ја,\n:Рајна поп Ѓорѓиева.\n:Ниту да ја колите, ниту да ја бесите,\n:жива донесете ја.\n:Сакате колете ме, сакате бесете ме\n:јас сум војводата,\n:јас сум војводата Рајна поп Ѓорѓиева\n:јас го сошив бајракот.\n:Јас го сошив бајракот и му турив знакот:\n:„Смрт или слобода“,\n:смрт или слобода за Македонија\n:земја поробена.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D1%83%D1%82%D0%B8%D0%BB_%D1%81%D0%B5_%D1%82%D1%83%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%BF%D0%B0%D1%88%D0%B0", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2278", "title": "Ајде разболе се мојто либе", "text": ":Ајде разболе се мојто либе\n:во туѓа земја,\n:ајде разболе се и ќе умре\n:многу далеку.\n:Ајде пратив писмо мила мамо\n:јазе да идам,\n:ајде јас да идам мила мамо\n:за да го видам.\n:Ај да го видам мила мајко\n:па да си умре.\n:Ајде немој ќерко, немој душо\n:многу е далеку,\n:ајде немаш пари, немаш ништо\n:сме сиромаси.\n:Ајде ќе продадам мила мајко\n:ковани ѓердан,\n:ајде ќе продадам мила мајко\n:јазе да идам.\n:Ајде јас да идам мила мајко\n:за да го видам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D1%82%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2280", "title": "Ајде сонце зајде", "text": ":Ајде сонце зајде\n:меѓу две планини нане мори,\n:ајде сонце зајде\n:меѓу две планини.\n:Ајде у планини\n:два бели шатора нане мори,\n:ајде у планини\n:два бели шатора.\n:Ајде под шатори\n:болно моме лежи нане мори,\n:ајде под шатори\n:болно моме лежи.\n:Ајде ја болело\n:запче срмајлија нане мори,\n:ајде ја болело\n:запче срмајлија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2090", "title": "Викиизвор:Барања за администраторски статус", "text": "Моментални администратори, Успешни кандидатури, Неуспешни кандидатури\nЗаедницата им доделува администраторски статус на корисници во кои има доверба и кои се запознати со политиката на Викиизвор. Номинираните мора да имаат бидено на Викиизвор доволно долго за луѓето да видат дали тие ги имаат овие квалитети. Администраторите треба да се придржуваат на високи стандарди на однесување, со оглед на тоа што тие често се сметаат за „официјалното лице“ на Викиизвор. Администраторите море да бидат љубезни, и да практикуваат добро расудување и трпеливост во справувањето со другите. Администраторскиот статус е примарно екстра одговорност, со оглед на тоа што има начела и прописи кои се однесуваат само на администраторите. Скоро сите постапки на администраторите се повратни, и постои посебен процес за справување со конфликти со или злоупотреба од администраторите.\n; Стандарди за номинација\n:Не постојат официјални предиспозиции за администраторски статус, освен основно ниво на доверба од другите уредници. Сепак, постојат некои кориснички стандарди (на индивидуална основа) кои може да бидат корисни за читање. Кандидатите за администраторски стаус се советуваат да се запознаат со стандардите кои вообичаено се применуваат од учесниците во БзАС.\n:Изјавата за номинација и одговорите на прашања треба да индицираат дека номинираниот е запознат со алатките и улогите на администраторите.\n; Процес на одлука\n:Секој добростоечки корисник може да номинира било кој корисник со сметка. Дозволени се и само-номинации. Доколку сте несигурни дали да се номинирате себеси за администраторски статус, прво прочитајте ги упатствата. Номинациите остануваат седум дена од времето кога номинацијата е објавена на оваа страница, за кое што време корисниците ги даваат нивните мислења, поставуваат прашања или коментираат. На крајот на тој период, бирократите кои се занимаваат со унапредувања на администратори ја разгледуваат дискусијата со цел да видат дали постои општа консензус на заедницата за унапредување. Бројките на луѓе кои се за, против, или изразуваат друго мислење во врска со кандидатурата се важен фактор во одлучувањето на консензусот (можно е БзАС да успее со помалку од 75% поддршка), но барањето за администраторски статус не е гласачко ливче; причините и доказите кои се даваат за време на БзАС може да ги поколебаат другите, и учесниците комуницираат со кандидатот и може да ја променат својата позиција за време на периодот на одлука. Исто така, бирократите практикуваат дискреција во одлучувањето дали има консензус за промоција на кандидатот.\n:Бирократите исто така може да ја користат нивната дискретност за да ги затворат номинациите порано, доколку унапредувањето не е веројатно и не гледаат понатамошна придобивка за номинираниот од оставањето на апликацијата како отворена. Само бирократите може да затворат или одлистаат номинација како дефинитивно унапредување или не-унапредување. Во случај на вандализам, неправилно форматирање или одбиена или повлечена номинација, не-бирократите може да одлистаат номинација, но тие никогаш немаат моќ да одлучат дали бил постигнат консензус.\n:Во исклучителни околности, бирократите можат да го продолжат крајниот рок или да ја постават номинацијата одново доколку ова ја направи одлуката појасна. Доколку вашата номинација не успее, ве молиме почекајте разумен временскио период пред да се реноминирате себеси или да прифатите друга номинација. Некои кандидати се обиделе повторно и успеале во рок од месец, но многу уредници сметаат дека два или три месеци е подобро.\n; Искажување на мислења\n* Кој може да учествува: Секој добростоечки корисник е добредојден да учествува во дискусијата за кандидатите.\n* Кој може да коментира во секциите За, Против и Воздржан: Секој корисник со сметка е добредојден да кометира тука, освен кандидатот (кој може да одговара на туѓите коментари). Определени коментари може да не се бројат или да бидат отстранети доколку има сомневање за измама; ова може да бидат придонесите на ''многу нови уредници'' или марионетки, како и други активности кои може да бидат резултат на нелегитимен обид да се премести рамнотежата на мислењето.\n* За да додадете коментар, стиснете на врската „Кажете го вашете мислење“ за релевантниот кандидат. Тогаш може да кажете дали сте За или Против номинацијата со потпишување на вашето име под релевантното заглавје. Секој корисник, вклучувајќи ги многу новите уредници и „анонимците“, може да учествуваат во дискусијата во секцијата „коментари“. Кандидатот може да одговара на прашања/грижи/коментари.\n* „Воздржани“ коментари се исто така дозволени, но вообичаено не се вбројуваат во одлучувачките проценти.\n* Објаснете го вашете мислење со вклучување на кратко објаснување за вашето расудување. Вашиот внес ќе содржи поголема тежина доколку е придружуван од поддржувачки докази.\n:: Забелешка: Главниот фактор за тоа дали некој корисник треба да постане администратор треба да биде доказот за тоа како корисникот ќе ги користи администраторските алатки.\n* Кој не може да коментира во секциите За, Против и Воздржан: Уредниците кои немаат сметка и/или не се логирани („анонимци“). Овие уредници се добредојдени да учествуваат во секциите Коментари и Прашања.\n* Секогаш бидете учтиви кон другите во вашите коментари.\n* Нанижаните дискусии се одржуваат во секцијата Коментари. Долгите дискусии се одржуваат на страницата за дискусии на индивидуалната номинација. ''Секој'' може да коментира или дискутира, вклучувајќи и анонимни уредници.\n*Ве молиме запомнете да ги обновувате запишувачите на резултати во заглавјата при гласањата.\n1 Номинирање\nНоминациите мора да бидат прифатени од корисникот во прашање. Доколку номинирате некој корисник, оставате порака на неговата/нејзината страница за разговор и замолете го/ја да одговори на страницата за номинација со цел да ја прифати или одбие номинацијата. Уште погодно е да го/ја прашате дали ќе прифати ''пред'' да ја создадете страницата. Номинираните треба да го прочитаат водичот за барања за администраторски статус пред да прифатат.\n2 Тековни номинации за администраторски статус\nМоменталното време е\n[ Исчистете го кешот] доколку номинациите не се обновени.\n----\nbs:Wikizvor:Kandidatura za administratora\nda:Wikisource:Anmodning om administratorstatus\nsr:Викизворник:Захтеви за администрирање", "subject": ["Барања за администраторски статус"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%81", "word_count": 907, "cyrillic": 0.988}
{"id": "2274", "title": "Ајде која ми те лаже, Миле бре", "text": ":Ајде која ми те лаже, Миле бре,\n:во нашето село, Миле бре,\n:во нашето село.\n:Ајде во нашето село, Миле бре,\n:во горната маала, Миле бре,\n:во горната маала.\n:Ајде во горната маала, Миле бре,\n:поповата куќа, Миле бре,\n:поповата куќа.\n:Ајде поповата куќа, Миле бре,\n:поповата ќерка, Миле бре,\n:поповата ќерка.\n:Ајде поповата ќерка, Миле бре,\n:таја најмалата, Миле бре,\n:таја најмалата.\n:Ајде таа најмалата, Миле бре,\n:таа најубата, Миле бре,\n:таа најубата.\n:Ајде кога од одува, Миле бре,\n:како еребица, Миле бре,\n:како еребица.\n:Ајде кога збор зборува, Миле бре,\n:како ластавица, Миле бре,\n:како ластавица.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D1%82%D0%B5_%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B5%2C_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B5", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2282", "title": "Ајде што ти текна да побегнеш", "text": ":Ајде што ти текна да побегнеш\n:на сабајле во зорите,\n:ајде на сабајле пред зорите\n:уште петли не пропеани?\n:Ајде дали куќа не бендиса\n:или свекор или свекрва? [х2]\n:Ајде куќата е мошне арна\n:свекорот е кротко јагне,\n:ајде свекорот е кротко јагне,\n:а свекрва лута змија.\n:Ајде кабаетот е во момчето\n:мома легни мома стани. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%BD%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D0%B5%D1%88", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2284", "title": "Ако имаш срце", "text": ":Ноќите мои со тебе\n:ко сонце грееш крај мене\n:без тебе не би пеела,\n:без тебе не би живеела. [х2]\n:Рефрен:\n:Ако имаш срце разбери ме\n:земи к'о цвеќе посади ме\n:вечно да цветам јас за тебе\n:а ти да стоиш крај мене.\n:Не жали ноќи неспани\n:не брои бели денови,\n:ноќите се за љубење\n:денови мисли студени. [х2]\n:Наутро кафе испиваш,\n:набргу си заминуваш,\n:за тебе кафе медено\n:за мене кафе отровно.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BA%D0%BE_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%88_%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2285", "title": "Ако одам во Битола", "text": ":Ако одам во Битола,\n:ќе прошетам по Широк Сокак.\n:А на дембел чаршија\n:кафе ќе се напијам,\n:младост мило ќе си спомињам. [x2]\n:Еј, мори моме, како да речам,\n:за Солуна, за Стамбола,\n:неа не давам. [x2]\n:Ако одам во Битола,\n:ќе нарачам до три пајтона.\n:Први мене ќе носи,\n:в' други чалгии ќе свират,\n:в' трети товар, мерак ќе носам.\n:Еј, мори моме, како да речам,\n:за Солуна, за Стамбола,\n:неја не давам. [x2]\n:За Солуна, за Стамбола,\n:Битола не давам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BA%D0%BE_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 87, "cyrillic": 0.965}
{"id": "2281", "title": "Ајде станав се оженив", "text": "(Зедов жена мрзелива)\n:Ајде станав се оженив\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Зедов жена мрзелива\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Ја одведов кај докторот\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Доктор вели фајде нема\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Ја одведов кај бајачот\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Бајач вели фајде нема\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Па си зедов суровица\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Десет удри еднаш брои\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Стана жена си оздраве\n:дејгиди де, дејгиди де.\n:Мрза жена фајде има\n:дејгиди де, дејгиди де.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D1%81%D0%B5_%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B2", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2286", "title": "Ако само запеам", "text": ":Ако само запеам\n:ако само заиграм,\n:тогаш светов запира\n:да ме чуе кај играм.\n:Ако само запеам\n:ако само заиграм,\n:мислам зветот запира\n:да ме чуе кај играм.\n:Рефрен:\n:Нема село ниту град\n:ни старец ниту млад\n:без да трепне на тој глас,\n:јас сум мома весела\n:в' срце песма носела\n:ајде да запееме,\n:песната ми е зборлива\n:играта ми е горлива\n:ајде да заиграме.\n:Кој и да ме послуша\n:не може да сослуша,\n:срце ќе си отвори\n:од севда ќе изгори. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BA%D0%BE_%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B5%D0%B0%D0%BC", "word_count": 88, "cyrillic": 0.989}
{"id": "2289", "title": "Ангеле еден на мама, џанам", "text": ":Ангеле еден на мама, џанам,\n:не дигај кула голема.\n:Не мачи млади невести, џанам,\n:да носат песок и цигли.\n:Не мачи млади ергени, џанам,\n:да носат тешки камења.\n:Не мачи млади девојки, џанам,\n:не мачи млади девојки.\n:Да носат вода студена, џанам,\n:водата ни е далеку.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B5_%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%B0%2C_%D1%9F%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BC", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2288", "title": "Аман седнала ми бре Јана", "text": ":Аман седнала ми бре Јана,\n:под таја сенка лозница,\n:леле, таа бела лозница,\n:аман широк шик плете,\n:леле со мајка се пречка.\n:Аман не ми дочу бре Јано,\n:леле стара бре вештице,\n:леле стара, стара старице,\n:леле подај ми бре вештер,\n:аман де новите стомни.\n:Аман јас да си отидам\n:леле на студен кладенец,\n:аман вода да се напијам,\n:леле грло да ладам,\n:аман јадови да заборавам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BC%D0%B0%D0%BD_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2287", "title": "Алија со тамбурата", "text": ":А бре, Алија море, делија [x2]\n:ни татко имаш Али, ни мајка\n:само една пуста, џанам, тамбура.\n:Што е ова чудо Али со тебе,\n:цело село викат Али по тебе?\n:Цело село викат Али по тебе [x2]\n:дека си ги мамел Али момите\n:и калешите, џанам, невести.\n:И калешите, џанам, невести,\n:и тие сироти вдовици.\n:Цело село чинит џанам давија,\n:давија џанам кај кадијата.\n:Кадијата ми го Али повика\n:и почна кадијата да судит.\n:И почна кадијата да судит,\n:Алија почна џанам да свирит.\n:Тогаш ми извикал кадијата,\n:алал ти биле џанам момите!\n:И калешите, џанам, невести,\n:и тие сироти вдовици.\n:И калешите, џанам, невести,\n:и тие сироти вдовици.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 114, "cyrillic": 0.982}
{"id": "2294", "title": "Ах мори мајко", "text": ":Ах мори мајко што не ме мажиш\n:што не ми бараш лика, прилика\n:уште ли ќе седам на разбојот\n:уште ли ќе белам бело платно?\n:Ах мори ќерко не се будали\n:ја земи си ја метлата\n:па измети рамни дворови\n:и навади зумбул цвеќе!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%85_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2291", "title": "Ах каде е мојто либе", "text": ":Ах каде е мојто либе\n:дали мисли тој на мене\n:јас за него само венам\n:и за него ќе умрам.\n:Коленичев јас пред него\n:ем со солзи на очите\n:кажи, кажи верно либе\n:која љубиш освен мене.\n:Тој што кажа и пред мама\n:и кога си бевме двата\n:ако јас би те излажал\n:подобро е да умрам.\n:Блазе оној што си љуби\n:кој што љуби верно либе\n:тој бесценет камен носи\n:и е верен догроба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%85_%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D1%82%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2296", "title": "Ах мори моме убаво", "text": ":Ах мори моме убаво\n:ќешки кај вас да не дојдев,\n:мајка ти да не ја сретнев,\n:од Сарај с' коња идеше.\n:Ах мори моме убаво\n:моли му се на мајка ти,\n:да не ми прави давија,\n:да не ме знаем запеана,\n:младоста ќе ми оцрни.\n:Ах море лудо, будало,\n:ти мајка ми ја знаеше\n:што време таа си иди,\n:и тогај да не идеше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%85_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2290", "title": "Ано поминуваш", "text": ":Ано поминуваш, Ано заминуваш,\n:што писма држиш, со мене не збориш?\n:Ано ле, душо ле,\n:душа не остана Ано во мене,\n:севдо ле, изгорев Ано за тебе.\n:Ано жити Бога, дај ми една вода,\n:со твојата рака, од твојата стомна\n:да се напијам, срце изгорело\n:Ано ле, душо ле,\n:душа не остана Ано во мене,\n:севдо ле, изгорев Ано за тебе.\n:Ано жити брата, отвори ми врата\n:да ти го видам белото ти лице.\n:Твое бело лице и црните очи.\n:Ано ле, душо ле,\n:душа не остана Ано во мене,\n:севдо ле, изгорев Ано за тебе.\n:Ај ти бре Димо, кир Димо Шанов,\n:нели је знаиш мојата свекрва?\n:Мојата свекрва Љуба Тасканџивка\n:не ме остава на порта да слезам,\n:на порта да слезам, со тебе да зборвам.\n:Димо ле, душо ле,\n:душа не остана Димо во мене,\n:севдо ле, изгорев Димо за тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%88", "word_count": 148, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2297", "title": "Ацано млада невесто", "text": ":Ацано млада невесто,\n:што доцкан седиш на порта,\n:нели те тебе срамота?\n:Ми поминуваат еснафи,\n:ем тија пусти вебаи,\n:ем тија чапкан касапи.\n:Со око ти намигнуваат,\n:со глава ти навртуваат,\n:ќе ми те тебе прелажат.\n:Дејгиди, Ѓорѓи будала,\n:што ако с' око намигнуват,\n:нели те тебе пречекувам?\n:Што ако с' глава навртуват,\n:нели те тебе пречекувам?\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%86%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2295", "title": "Ах мори Маре девојче", "text": ":Ах мори Маре девојче\n:излези до порти\n:јас само чекам горе долу\n:за да те видам.\n:Не можам либе не можам\n:јас да излезам\n:мајка ми лудо татко ми\n:клети тирани.\n:Ах мори маре девојче\n:излези на порти\n:ај да се ние двајцата\n:Маре земиме.\n:Ај да се ние двајцата\n:Маре земиме\n:заедно ние двајцата\n:живот да живејме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%85_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B5_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2292", "title": "Ах море мажу", "text": ":Ах море мажу, мил домаќин,\n:јас ќе ти умрам.\n:Ах мори жено, жалба ми падна,\n:кажи што ти се стори?\n:Ах мори жено, жалба ми падна,\n:кажи што ти се јаде?\n:Мене ми се јаде пресна погача,\n:шо невеста месила.\n:Мене ми се јаде печена кокошка,\n:уште не пронесена.\n:Мене ми се пие тригодишно вино,\n:три пати преточено.\n:Јас ти слегов долу во избата,\n:каде стојат дрвата,\n:па си зедов една суровица,\n:уште недокастрена,\n:десет пати удри, еднаш брои,\n:уште недокастрена.\n:Еве ти жено пресна погача,\n:шо невеста месила.\n:Еве ти жено печена кокошка,\n:уште не пронесена.\n:Еве ти жено тригодишно вино,\n:три пати преточено.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%85_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%B6%D1%83", "word_count": 110, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2293", "title": "Ах мори бабо, стара бабо,", "text": ":Ах мори бабо, стара бабо,\n:ах што имаш ќерка мори убава\n:бабо, аман, аман.\n:А што имаш ќерка убава,\n:ама имаш лоши комшии\n:бабо, аман, аман.\n:Ах што имаш лоши комшии,\n:што лоши зборој зборвеја\n:бабо, аман, аман.\n:Како на небото ѕвездите,\n:како в' Црна Река рибите\n:бабо, аман, аман.\n:Како во гората лисјата,\n:како во полето тревата,\n:бабо, аман, аман.\n:Како на момите ѓерданите,\n:како на момците гајтаните\n:бабо, аман, аман.\n:Ах, море синко, мили синко,\n:кога имам ќерка убава,\n:синко, аман, аман,\n:та кучиња лаеле,\n:та комшии зборвеле,\n:исто ми е.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%85_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%BE%2C_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%BE%2C", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2302", "title": "Блазе тебе Митро", "text": ":Блазе тебе мори Митро\n:што татко си имаш,\n:ајде, што татко си имаш.\n:Што ти е направил Митро,\n:сред село меана,\n:ајде, сред село меана.\n:Точи, точи мори Митро\n:вино, ем ракија,\n:ајде, вино ем ракија.\n:Кога ќе се вратам Митро,\n:скапо ќе ти платам,\n:ајде, скапо ќе ти платам.\n:Сè жолти жолтици Митро,\n:на гуша да носиш,\n:ајде, на гуша да носиш.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BB%D0%B0%D0%B7%D0%B5_%D1%82%D0%B5%D0%B1%D0%B5_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2301", "title": "Битка се бие кумановско поле", "text": ":Битка се бие кумановско поле,\n:битка неравна.\n:Пелинце ми гори, Пчиња жално плаче,\n:матна и крвава.\n:Карпуш војвода со Димче Еребица,\n:Менков и Фетакот,\n:собраја дружина, млада убавина,\n:душман да истерат.\n:Ми згрмеја пушки, ми паднаја мушки,\n:младите херои.\n:Душмани клети покажаја пети,\n:дојде красна слобода.", "subject": ["Македонски партизански песни", "Куманово"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B5", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2303", "title": "Бог да бие кој прв почна", "text": ":Бог да бие кој прв почна,\n:кој прв почна, мило либе, да ми оди.\n:Да ми оди на печалба,\n:на печалба, мило либе, в' Америка.\n:Три години без работа,\n:без работа, мило либе, ем без пари.\n:Параходот веќе пристигна,\n:пари немам, мило либе, да се качам.\n:Ако сакаш да си дојдам,\n:продај си го, мило либе, ѓерданчето.\n:Ако не стаса ѓерданчето,\n:продај си го, мило либе, елечето,\n:праќај пари, мило либе, да си дојдам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%BA%D0%BE%D1%98_%D0%BF%D1%80%D0%B2_%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2304", "title": "Бог да бие мојта мајка маќеа", "text": ":Бог да бие мојта мајка маќеа.\n:Срам да ѝ е, арам да ѝ е,\n:на мојта мајка маќеа.\n:Што ме даде пусто село ерменско.\n:Срам да ѝ е, арам да ѝ е,\n:пусто село ерменско.\n:Во сабота навечер ме зедова.\n:Срам да ѝ е, арам да ѝ е,\n:навечер ме зедова.\n:В понеделник на жетва ме пратива.\n:Срам да ѝ е, арам да ѝ е,\n:на жетва ме пратива.\n:Ми дадова празна торба без лебец.\n:Срам да ѝ е, арам да ѝ е,\n:празна торба без лебец.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%9C%D0%B5%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2300", "title": "Билјане моме убаво", "text": ":Билјане моме убаво,\n:на сон те браќа водиле.\n:На сон те браќа водиле\n:во таја града Костура.\n:Билјане моме убаво,\n:качи се горе на чардак.\n:Качи се горе на чардак,\n:разгледај долу на поле.\n:Ах мори мајко, мајчице,\n:оздола идат ветрови.\n:Оздола идат ветрови,\n:ветрови, бури, ратови.\n:Билјане моме убаво,\n:не ми се бури, ветрови.\n:Не ми се бури, ветрови,\n:тук' ми се силни сватови.\n:Ах мори мајко, мајчице,\n:жива ќе лежам во гроба.\n:Жива ќе лежам во гроба,\n:Костурско момче не земам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE", "word_count": 88, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2299", "title": "Билбил рано пее", "text": ":Ајде да си речиме една песна,\n:многу гласовита.\n:Еднаш мајка јунак раѓа,\n:оној ми е билбил,\n:билбил рано пее,\n:пее во мај месец.\n:Ајде да си речиме уште еднаш,\n:да се сторат два пати,\n:две очи мома има...\n:Ајде да си речиме уште една,\n:да се сторат три пати,\n:три на крст пирустија...\n:Ајде да си речиме уште една,\n:да се сторат четири пати,\n:четири моми на орото...\n:Ајде да си речиме уште една,\n:да се сторат пет пати,\n:пет прсти рака има...\n:Ајде да си речиме уште една,\n:да се сторат шест пати,\n:шест месеци пол-година...\n:Ајде да си речиме уште една,\n:да се сторат седум пати,\n:седум дена во недела...\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D0%BB_%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D0%B5%D0%B5", "word_count": 118, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2305", "title": "Бог да бие Наумчето", "text": ":Бог да бие џанам Наумчето\n:што ми стана Наум утро рано [х2]\n:утро рано Наум во Недела.\n:Па си спрема Наум брза коња\n:па си тргна Наум за Битола.\n:На пат сретна џанам бела чешма,\n:до чешмата една стара баба.\n:Ќе те прашам бабо да ми кажеш\n:дал је жива бабо твојта внука, [х2]\n:твојта внука бабо, лична Евда?\n:Штом ме праша синко ќе ти кажам\n:мојта внука синко се посврши, [х2]\n:се посврши синко во Битола\n:во Битола синко, Баир маало.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%9D%D0%B0%D1%83%D0%BC%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2308", "title": "Бог да го убие Шефки Качакот", "text": ":Бог да го убие џанам тој Шефки Качакот,\n:тој Шефки Качакот тоа бесно куче.\n:Што ми посегнал џанам битолските села,\n:битолските села, село Могилово.\n:Ој ти бре Шефки море ти бре бесно куче\n:на небо те барав, на земја те најдов.\n:Дури те најдов Шефки нозете ме болат,\n:нозете ме болат од тешки куршуми.\n:Доста си носел Шефки таа бердан пушка,\n:сега рече Господ јас да ја носам,\n:доста си носел Шефки таа остра сабја,\n:сега рече Господ јас да ја носам.\n:Доста си јавал Шефки таја брза коња,\n:сега рече Господ јас да ја јавам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B3%D0%BE_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%A8%D0%B5%D1%84%D0%BA%D0%B8_%D0%9A%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D1%82", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2307", "title": "Бог да ги бие Арапите", "text": ":Бог да ги бие [х2]\n:Бог да ги бие Арапите\n:Арапите од Арабистан.\n:Што ми ојдоја, што навлегоја\n:што ми ојдоја во град Битола\n:во град Битола во ливаѓето.\n:Ги курдисале, ги курдисале\n:ги курдисале шаторите\n:ги закачиле бајраците.\n:И што му рекоја на Битолчанки\n:отворете ја чаршијата\n:чаршијата и дуќаните.\n:А Битолчанки што му рекоа\n:ај да сјојте од кај дојдовте\n:чаршијата е затворена.\n:Чаршијата е затворена [х2]\n:чаршијата не ја отвараме. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B3%D0%B8_%D0%B1%D0%B8%D0%B5_%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2306", "title": "Бог да бие, Тино мори", "text": ":Бог да бие, Тино мори\n:Тино, мори, твојта стара мајка\n:Тино, мори, твојот стари татко деј.\n:Што ми те армаса, Тино\n:Тино, мори, мошне надалеку\n:Тино, мори, Тино, мори\n:дур' на Гевгелија, деј.\n:Дур на Гевгелија, Тино\n:Тино, мори, за Дељо Турунџула\n:Тино мори, Тино мори\n:за Дељо Турунџула, деј.\n:Дељо болен лежи, Тино\n:Тино, мори, Дељо ќе умре\n:Тино, мори, Тино, мори\n:Дељо ќе умре, деј.\n:И на Дељо думат, Тино\n:Тино, мори, Дељо ќе да умри, деј\n:Тино, мори, Тино, мори\n:Дељо ќе да умре деј.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B5%2C_%D0%A2%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2311", "title": "В село се чешма градеше", "text": ":В село се чешма градеше,\n:голем се џумбуш правеше.\n:Лиду, лиду лиду, ли ду ду,\n:голем се џумбуш правеше.\n:В село се чешма градеше,\n:на крај село до јаворот.\n:Лиду, лиду лиду, ли ду ду,\n:на крај село до јаворот.\n:Каков им беше мајсторот,\n:чешмата што ја направи?\n:Лиду, лиду лиду, ли ду ду,\n:чешмата што ја направи.\n:Чешмата што ја направи,\n:како ѝ тури чепурот.\n:Лиду, лиду лиду, ли ду ду,\n:како ѝ тури чепурот.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2315", "title": "Вено, пиле, Вено", "text": ":Вено, пиле, Вено, леле,\n:вечера ли синоќ?\n:Не сам ни ручало, леле,\n:а не вечерало.\n:Цел ноќ не сам спало, леле,\n:сал сам ја војвало.\n:Од твојте комшии, леле,\n:браќа кавгаџии.\n:На голема чешма, леле,\n:кавга направиле.\n:Кавга направиле, леле,\n:брата ми тепале.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%2C_%D0%92%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2312", "title": "В' недела дојде лудо младо", "text": ":В' недела дојде лудо младо\n:у нас на гости. [x2]\n:Седе два дни, седе три дни\n:седеше недела.\n:Па си тргна да си оди\n:туѓа туѓина.\n:Лудо младо не оди в' туѓина\n:лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.\n:Не ме кани лудо младо\n:при тебе да дојдам, [x2]\n:јас си имам лоша мајка\n:и стари татко. [x2]\n:Лудо младо не оди в' туѓина\n:лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.\n:Јас не можам да те земам\n:тебе со мене, [x2]\n:јас си имам друго либе\n:и машко дете. [x2]\n:Лудо младо не оди в' туѓина\n:лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%27_%D0%BD%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE", "word_count": 111, "cyrillic": 0.955}
{"id": "2309", "title": "Бог да биет дебрани", "text": ":Бог да биет дебрани,\n:бог да убиет дебрани.\n:Дебрани долно граѓани,\n:дебрани долно граѓани.\n:Што настанаје аздии,\n:што настанаје аздии,\n:по таја река Радика,\n:по тије села рисјански.\n:Грабиле што ми грабиле,\n:грабиле што ми грабиле\n:и едно невевче земале,\n:и едно невевче земале.\n:Оделе што го воделе,\n:оделе што го воделе,\n:младо невевче по страна,\n:младо невевче по страна.\n:Невевче лично, калешо,\n:да не ти тежит рувото,\n:или ти тежит ѓерданот,\n:или ти тежит ѓерданот?\n:Нити ми тежит рувото,\n:нити ми тежит рувото,\n:нити ми тежит ѓерданот,\n:нити ми тежит ѓерданот.\n:Тук' ми е жал за лудото,\n:тук' ми е жал за лудото,\n:кога го вие колевте,\n:кога го вие колевте.\n:Кога го вие колевте,\n:кога го вие колевте,\n:право во мене гледаше,\n:крвави солзи ронеше\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B5%D1%82_%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8", "word_count": 132, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2317", "title": "Во Јорданије", "text": ":Во Јорданије к'ршчајушчесја тебе господи,\n:троическо и јавилсја поклонение,\n:родителе во глас свидетелствуваше тебе,\n:возљубљена готја сина именуја,\n:и дух видје голубиње,\n:известуваше словеселје утврждение,\n:јављај се Христе боже,\n:и мир просвештеју слава тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Белешка\n*Се пее на Водици, кога се фрла крстот.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE_%D0%88%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B5", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2319", "title": "Во нашето село куќа шимширова", "text": ":Во нашето село куќа шимширова\n:де дилбер моме шарена одаја.\n:Тамо се собрале сите млади момци,\n:де дилбер моме редум со момите.\n:Јас си дома чекам либе да ми дојде,\n:де дилбер моме либе ќе дојди.\n:Малку го почекав и го недочекав,\n:де дилбер моме на седенка појдов.\n:Кратко си почукав, врата се отвори,\n:де дилбер моме татко да ти видов,\n:де дилбер моме мојто либе тамо.\n:Колку лесно било моме да се лаже,\n:де дилбер моме самата го видов,\n:де дилбер моме ерген да се љуби.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%BA%D1%83%D1%9C%D0%B0_%D1%88%D0%B8%D0%BC%D1%88%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2322", "title": "Водарки", "text": "(Моми за вода одеа)\n:Моми на вода одеа,\n:со тие стомни шарени.\n:Темна ги вечер затече,\n:стомни им корен фанаа.\n:Темна ги вечер затече,\n:стомни им корен фанаа.\n:Пеејќи песни убави,\n:берејќи цвеќе шарено.\n:Сите ми моми набрале,\n:планинско цвеќе убаво.\n:Дафина мома набрала,\n:алова китка трендафил.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2314", "title": "Василке млада невесто", "text": ":Василке млада невесто\n:зошто се млада омажи?\n:Зошто ме мене остави,\n:зошто си клетва подгази?\n:Зошто ме мене Васке остави,\n:зошто си клетва подгази?\n:Додека беше Васке девојка,\n:нива ми беше твојто маало,\n:и твојте Васке комшии,\n:и твојте први роднини.\n:И твојте Васке ле комшии,\n:и твојте први роднини.\n:Откога се мило либе омажи,\n:не ми е мило твојто маало,\n:ни твојте Васке комшии,\n:ни твојте први роднини.\n:Ни твојте Васке ле комшии,\n:и твојте први роднини.\n:Проклета да си Васке до века,\n:зошто ме мене младо остави,\n:зошто си клетва подгази\n:и на љубовта заборави.\n:Зошто си клетва Васке подгази\n:и на љубовта заборави.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B5_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2316", "title": "Вечна љубов пак ќе водиме", "text": ":Како да те оставам\n:ил да те заборавам, [x2]\n:и да сакаш не знаеш\n:без мене не ќе можеш. [x2]\n:Вечна љубов пак ќе водиме\n:еден до друг пак ќе одиме\n:среќни нека бидат денови\n:нека пукнат душмани.\n:Сите ми се потсмеваат\n:дека љубам бекрија, [x2]\n:ни на Север, ни на Југ,\n:како мене нема друг. [x2]\n:Вечна љубов пак ќе водиме\n:еден до друг пак ќе одиме\n:среќни нека бидат денови\n:нека пукнат душмани.\n:Јас пак љубов не кријам\n:од тебе не заспивам, [x2]\n:се ќе имаш од мене\n:се ќе сторам за тебе. [x2]\n:Вечна љубов пак ќе водиме\n:еден до друг пак ќе одиме\n:среќни нека бидат денови\n:нека пукнат душмани.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2_%D0%BF%D0%B0%D0%BA_%D1%9C%D0%B5_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B5", "word_count": 119, "cyrillic": 0.949}
{"id": "2310", "title": "Болен ми лежи млад Стојан", "text": ":Болен ми, болен ми лежи\n:млад Стојан, леле\n:на висок, на високите чардаци,\n:на високите чардаци.\n:Мајка му, мајка му вели,\n:говори, леле:\n:стани ми, стани ми сине Стојане\n:стани ми сине Стојане.\n:Не можам, не можам мајко\n:да станам, леле\n:тешка ми, тешка ми куќа на глава,\n:тешка ми куќа над глава.\n:Тешка ми, тешка ми куќа\n:над глава, леле,\n:машко ми, машко ми дете на раце,\n:машко ми дете на раце.\n- (друга верзија) -\n:Болен ми [х2]\n:ај болен ми лежи млад Стојан леле\n:на висок, ај на високите чардаци.\n:До него седи мајка му леле\n:на Стојан, ај на Стојан вели говори.\n:Стани ми [х2]\n:ај стани ми сине Стојане леле\n:да видиш, ај да видиш оро големо.\n:До сека [х2]\n:ај до сека мома и момче леле\n:до твојто, ај до твојто либе две момчиња.\n:Не можам [х2]\n:ај не можам мајко да станам леле\n:тешка ме ај тешка ме болест фатила.\n:Жално е [х2]\n:жално е мајко, тешко е леле\n:да љубиш, ај да љубиш друг да го земе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%B8_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD", "word_count": 178, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2320", "title": "Во ноќта си месечина", "text": ":Во ноќта си месечина,\n:во денот си светлина.\n:Како твојта убавина,\n:нема друга на светот.\n:Прво и прво, кога те видов\n:в' душа пламен се роди.\n:А од тогаш сè до сега,\n:кој сум, кај сум, не се знам.\n:Те сонувам, тебе љубам\n:и те сакам во срце.\n:Те милувам, тебе те љубам\n:и солзи си пролевам.\n:Ангел ли си од небото,\n:што си толку убава?\n:Со твојата слатка уста\n:да ми шепниш името.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE_%D0%BD%D0%BE%D1%9C%D1%82%D0%B0_%D1%81%D0%B8_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2323", "title": "Возот браќа тргнува", "text": ":Возот браќа тргнува\n:право за Германија,\n:стари мајки остануваат\n:дробни деца да гледаат.\n:Одиме, пееме, солзи рониме\n:тој прв што замина сал го колниме. [x2]\n:Со либето одиме\n:пари да спечалиме,\n:пари да спечалиме,\n:куќа да направиме.\n:Одиме, пееме, солзи рониме\n:тој прв што замина сал го колниме. [x2]\n:Наши верни другари\n:таму ќе не пречекаат,\n:ергени ќе пеат\n:жените ќе жалат.\n:Одиме, пееме, солзи рониме\n:тој прв што замина сал го колниме. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%82_%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0_%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 0.962}
{"id": "2328", "title": "Гори Балкан", "text": ":Гори Балкан, гори Балкан\n:во горна Дебрца\n:во горна Дебрца, Балкан,\n:село Арбиново.\n:Стари Дејан свадба прави\n:свадба прави со ѕверови\n:од никаде помош нема\n:само Ѓурчин од Слатино.\n:Само Ѓурчин од Слатино\n:и тој Климе Злестовчето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%91%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2329", "title": "Грозда мома мести три бајрака", "text": ":Грозда мома, Грозда мома,\n:Грозда мома, на бунаро.\n:Она била бојаџика,\n:она мести три бајрака.\n:Еден зелен, други модер,\n:треќи црвен, трети црвен.\n:Еден бајрак за на собор,\n:други бајрак за на свадба.\n:Црвен бајрак за на војна,\n:за на борба, за слобода.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B8_%D0%B1%D0%B0%D1%98%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2324", "title": "Војник одам", "text": ":На пат тргам, војник одам јас\n:либе, многу далеку.\n:Татко, мајка, браќа и сестри\n:сите вас ве оставам.\n:Мило либе, ти не ме жали, не плачи\n:солзи не рони, радосно чекај ме.\n:Дојде време да си заминам\n:либе, многу далеку.\n:Со другари пат не чека нас\n:дури на граница.\n:Мило либе, ти не ме жали, не плачи\n:солзи не рони, радосно чекај ме.\n:Две години бргу ќе минат\n:либе, јас ќе се вратам.\n:Ќе ми бидеш лична невеста\n:моја ќе си до гроба.\n:Мило либе, ти не ме жали, не плачи\n:солзи не рони, радосно чекај ме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2325", "title": "Гена ми појде на чешма", "text": ":Гена ми појде на чешма\n:стомните да си наполни [х2]\n:јунак од гора да лади [х2]\n:раните да му исцели.\n:Ах Гено, Гено убава\n:донеси вода студена. [х2]\n:Наполни Гена стомните\n:накачи патот кон дома, [х2]\n:отвори порте капиџик [х2]\n:подаде стомне на јунак.\n:Ах Гено, Гено убава\n:донеси вода студена. [х2]\n:Дигна ми јунак стомнето\n:разлади грло јуначко\n:поврати снага ајдучка,\n:однесе Гена во гора.\n:Ах Гено, Гено убава\n:донеси вода студена. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D0%BF%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2321", "title": "Во Струмица на улица", "text": ":Проклет да биде среќа да не виде\n:кој прв започна.\n:Кој прв започна љубов да води\n:две срца да страдаaт.\n:Често со него се среќавам\n:срце ми трепери,\n:срце ми трепери душа не ми дава\n:како да му прозборам.\n:Во Струмица на улица\n:пред него излегов\n:грбот ми го сврте и тивко ми рече:\n:„Јас не те сакам.\n:Јас си заљубив друго либе\n:заљуби си и ти“.\n:Очи насолзени, срце натажено\n:отидов далеку\n:проклет да биде среќа да не виде\n:кој прв започна.\n:Кој прв започна љубов да води\n:две срца да страдаат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE_%D0%A1%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2330", "title": "Гроздано моме убаво", "text": ":Гроздано моме убаво\n:најубав грозд во лозјето\n:кој ми те ерген погледнал\n:пијан си оди до гроба. [х2]\n:Твоите очи Гроздано\n:две црни зрна гроздови\n:дај ми ги да ги погледнам\n:слеп јас да одам до гроба. [х2]\n:Твојата уста Гроздано\n:ко медно вино црвено\n:дај ми ја да ја целивам\n:нем јас да одам до гроба. [х2]\n:Твојта снага мермерна\n:пастрмка риба Охридска\n:дај ми ја да ја прегрнам\n:сакат да одам до гроба. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2334", "title": "Да сум бистра вода", "text": ":Да сум бистра вода,\n:мори мамо,\n:да сум бистра вода,\n:мамо мори, мамице,\n:јас знам кај да течам.\n:Јас би текла,\n:мамо мори,\n:јас би текла, стале,\n:мамо мори, мамице,\n:близу Митровица.\n:Јас би текла,\n:мамо мори,\n:јас би текла, стале,\n:стара мори душице,\n:крај мојето либе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0_%D1%81%D1%83%D0%BC_%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2335", "title": "Дај ми мамо динар, до два", "text": ":Дај ми мамо динар, до два\n:да си купам промена\n:да се променам мила моја мамо\n:за да ме либе мамо бендиса.\n:Дај ми мамо динар, до два\n:да си купам белило\n:за да набелам мојто црно лице\n:за да ме либе мамо бендиса.\n:Дај ми мамо динар, до два\n:да си купам црвило\n:за да нацрвам мојто медно усте\n:за да ме либе мамо бендиса.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%2C_%D0%B4%D0%BE_%D0%B4%D0%B2%D0%B0", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2336", "title": "Дал’ не ти е жал бре Миеле", "text": ":Дал' не ти е жал бре Миеле\n:дал' не ти е жал бре\n:дал' не ти е жал бре Миеле\n:за село Конопиште?\n:Село Конопиште Миеле\n:село Конопиште\n:село Конопиште Миеле\n:полно лични моми.\n:За ладните сенки Миеле\n:за ладните сенки\n:за ладните сенки Миеле\n:ем та' вода студена.\n:Таа руса, риџа Миеле\n:таа руса, риџа\n:таа руса, риџа Миеле\n:таа калеш Митра.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BB%E2%80%99_%D0%BD%D0%B5_%D1%82%D0%B8_%D0%B5_%D0%B6%D0%B0%D0%BB_%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%9C%D0%B8%D0%B5%D0%BB%D0%B5", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2327", "title": "Го пратиле дедо во планина,", "text": ":Го пратиле дедо вo планина,\n:мечките да го изедат.\n:Бреј, бреј, лош дедо, бре.\n:Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.\n:Ете го дедо кај иде,\n:полна му торба со мечиња.\n:Бреј, бреј, лош дедо, бре.\n:Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.\n:Го пратиле дедо на дрва,\n:волците да го изедат.\n:Бреј, бреј, лош дедо, бре.\n:Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.\n:Ете го дедо кај иде,\n:полна му торба со волчиња.\n:Бреј, бреј, лош дедо, бре.\n:Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.\n:Го пратиле дедо на бања,\n:жените да го истријат,\n:жените да го избањат.\n:Бреј, бреј, лош дедо, бре.\n:Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.\n:Ете го дедо кај иде,\n:полна му торба со женчиња.\n:Бреј, бреј, лош дедо, бре.\n:Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.\n:Ете го кај иде,\n:лош дедо, лош дедо,\n:бреј, бреј, бреј.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%B5%D0%B4%D0%BE_%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%2C", "word_count": 155, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2333", "title": "Да ми пукниш, стара мајко", "text": ":Да ми пукниш, стара мајко,\n:да тресниш, да тресниш,\n:зашчо ме роди, мамо, убава, калеша!\n:Да не можа на портето,\n:да слеза, да слезам,\n:од тие пусти, мамо, беќари, ергени.\n:Свилена марама, мамо,\n:даваја, давае,\n:бело ми лице, мамо,\n:сакаја, сакае.\n:Срмено елече, мамо,\n:даваја, даваје,\n:црни ми очи, мамо,\n:сакаја, сакаје.\n:Низа жолтици, мамо,\n:даваја, даваа,\n:рамна ми снага, мамо,\n:сакаја, сакаја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D0%BF%D1%83%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D1%88%2C_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2339", "title": "Дали знаеш моме паметуваш", "text": ":Дали знаеш моме паметуваш\n:кога бевме моме во ливаѓе?\n:Кога бевме моме во ливаѓе,\n:во ливаѓе моме под тополи?\n:Сите пари моме ми ги зеде\n:без пет пари моме ме остави.\n:Дај ми малку моме од парите\n:да си купам моме брза коња.\n:Да си купам моме брза коња\n:да не одам моме пеш до село.\n:Кучињата моме да ме лајат\n:а момите моме да се смејат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%88_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%BF%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%88", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2331", "title": "Грозен гавран", "text": ":Над мене грозен гавран лета,\n:во кљунот десна рака носи,\n:на неа златен прстен блеска,\n:т'гата страшна ме мачит.\n:Кажи, ој птицо, црна ти\n:каде ја најде таја рака?\n:Со овој прстен на мене познат\n:од најубав спомен драг?\n:Прозбори гавран, проклет и црн:\n:од Криволак се враќам јас.\n:Голема битка, битка таму стана,\n:на бој свидетел бев јас.\n:Таму се пушки биеја без број,\n:прелетав јас храбро, смел.\n:Гранати паѓат в' црната земја,\n:војнички тела ронеја.\n:Течете солзи во потоци,\n:з'шчо моето либе\n:лежи в' гроб осамотен,\n:не ќе се врати при мене.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D0%BD_%D0%B3%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BD", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2341", "title": "Дано ле Данче убава", "text": ":Дано ле Данче убава\n:Дано ле стројна гиздава\n:што си ми замислена\n:што си ми натажена?\n:Дали те некој навредил\n:или те мајка искара,\n:та твојте црни очи\n:често се полни солзи?\n:Ниту ме некој навредил\n:ниту ме мајка искара,\n:туку ме либето превари\n:за друга сношти се армаса.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%BB%D0%B5_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2326", "title": "Гина, Гина лична Гина", "text": ":Има едно згодно моме\n:во нашето мало место\n:едно моме многу лично,\n:многу лично, симпатично.\n:Гина, Гина лична Гина\n:Гина, Гина убавица,\n:Гина, Гина опа Гина\n:Гина, Гина убавица.\n:Снага има како вила\n:коса долга к'о примена,\n:очи црни черешови\n:веѓи морски пијавици.\n:Гина, Гина лична Гина\n:Гина, Гина убавица,\n:Гина, Гина опа Гина\n:Гина, Гина убавица.\n:Лице бело к'о синирче\n:устето ѝ к'о кутивче,\n:заби бели бисерови\n:штом се смее сонце грее.\n:Гина, Гина лична Гина\n:Гина, Гина убавица,\n:Гина, Гина опа Гина\n:Гина, Гина убавица.\n:Кога појде низ чаршија\n:старо младо се свртува,\n:да ја види лична Гина\n:наша Гина убавица.\n:Гина, Гина лична Гина\n:Гина, Гина убавица,\n:Гина, Гина опа Гина\n:Гина, Гина убавица.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%B0%2C_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 125, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2332", "title": "Да ме молат не се женам", "text": ":Да ме молат не се женам\n:да ме молат да ме колат\n:не, не, не се женам не\n:не, не се женам не.\n:Ако земам млада мома\n:не ќе се заврти дома\n:не, не, не се женам не\n:не, не се женам не.\n:Ако земам мома стара\n:дење ноќе ќе се кара\n:не, не, не се женам не\n:не, не се женам не.\n:Ако земам распуштена\n:не ќе седи ни два дена\n:не, не, не се женам не\n:не, не се женам не.\n:Ако земам удовица\n:ќе донесе многу деца\n:не, не, не се женам не\n:не, не се женам не.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%BC", "word_count": 106, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2342", "title": "Дафина болна легнала", "text": ":Дафина болна легнала\n:над глава до три доктора\n:болна е, болна преболна\n:ќе умре млада Дафина.\n:Мајко ле мила мајчице\n:повикај ми го либето\n:два збора да му прозборам\n:до срце да го изгорам.\n:Дури не мине година\n:бела руба да не носи\n:бела руба да не носи\n:и друго либе да не проси.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2338", "title": "Дали знаеш мило либе", "text": ":Дали знаеш мило либе\n:кога двата се љубевме?\n:Како два галаби бели\n:ширно високо летавме.\n:Кој ни скрши мило либе\n:крилца бели та паднавме?\n:Крилцата ни се скршија\n:мене тешко ме ранија.\n:Ние бевме мило либе\n:трендафили два румени\n:в' мајско утро расцветани\n:еден до друг посадени.\n:Али никна, не изникна\n:судбата нас не раздели\n:еден од друг на две страни\n:еден од друг с' тешки рани.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%88_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2015", "title": "АСНОМ , документ 5", "text": "М А Н И Ф Е С ТОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД\nМакедонски народе,\nВо дните на најголемите световни сатресенија, во времето на најкрвавата борба на македонскиот народ, твоето прво Народно Собрание, израснато от крвта и животите на најарните свои синови, во твое име излегува пред лицето на цел свет да каже на пријатели и душмани, на сојузници и окупатори, на блиски и далечни, оти македонскиот народ е решен да заживее слободен живот и оти никаква сила на светот не може да му застане на неговиот пат кон полна национална слобода.\nВо моментот кога картечниот оган на нашите бригади го уништава крвавиот окупатор од Куманово и Струмица до Тиквеш и Дебар, кога нашата борба оди кон својата највисока точка и кога нејзиниот успешен крај стана јасен за секого, првото македонско Народно Собрание излегува со прокламација за полна национална слобода на нашиот народ.\nМакедонски народе,\nОвија исторически печалби кои ти ги оповестува твоето прво Народно Собрание не се ни случајни ни аризани. Тиа се плод од реки пролеана крв и од купишта коски посејани од едниот до другиот крај на Македонија. Во петвековното ропство разни поробувачи е грабеа твојата земја и го поробуваја твојот народ. Единото средство које не можеше да ти биде ограбено, беше борбата. Таја остана најсилното оражие во твоите раце и ти помогна да не бидеш збрисан како народ.\nВо следните денови на Илинденското востание и Крушевската република, ти разбра колкава е силината на това оражие. Илинденското востание откри пред цел свет колку е тврда твојата решеност да не бидиш роб на никого, ами да заживееш како слободен народ. Илинденската епопеја ти покажа и тебе колку е силна твојата тупаница кога се подигна за извојуване на слободата. И токмо таја сила ги заплаши твојте скриени и отворени душмани - империјалистите од комшиските балкански држави.\nУплашени од таја борбена сплотеност тие се опитаја со својата отровна пропаганда да те разединат за полесно да те поробат. И, благодарение на предатели и изменици во твоите редови, ти ја дочека решителната 1912 год(ина) разеднен, закрвавен, неорганизиран и твојата земја бидува разделена меѓу империјалистичките грабители. Во 1919 год(ина) се повторува срамната делба на Македонија, и ти не куртули од јаремот на ропството.\nМакедонски народе,\nВпрегнат во невидено економско ропство, одречен како народ, обезправен политички, заостанал просветно, ти беше през 23 годишниот живот под великосрбското ропство доведен во положение на колонијален народ. Србизирањето стана националното гесло на белградските реакционери, занданите - нивното единствено умиротворително средство, економскиот грабеж - нивниот стопански принцип. Това што те одржа за тие тешки години, това беше твојата борба против великобугарските грабачи и нивните македонски измеќари. Во таја борба ти прогледа и узреа политички, во неа ти си ги најде својте, најдобри сојузници. Това беа другите поробени народи на Југославија. Това беше и братскиот српски народ зад чие име се криеја поробувачите од белградската чаршија. Во борбата против великосрбските повелачи, ти го искова своето братство со другите народи на Југославија. Това братство, покрај твојата борба, стана уште една гаранција, за спечалване на слободата.\nМакедонски народе,\nСо подлиот напад на германо-фашиските империјалисти во 1941 год(ина) Југославија бидува прегазена, а Македонија, за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашиските јатаци на Хитлера. Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ. Грабежот зема невидени до тогај размери, македонското селско стопанство бива исцело ставено во услуга на Хитлерова Германија. “Дирижираниот стопански“ грабеж ги рашири своите крила над Македонија. Не остана произведение од селското стопанство, које можеше да куртули од реквизиционата експлоатација. Селаните беа бутнати во понорот на бедата. Со ним заедно тонеа во мизерија сите други сасловија. Целото македонско стопанство беше подложиво на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во најверни кучина на Хитлера. Спекулата стана неписан закон . Македонија беше стопански изцрпена. Македонскиот народ потона во дотогај невидена беда.\nДури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песма оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, на друга страна се полнеа занданите со чесните синови на Македонија, а во полицејските участаци со инквизаторски методи се мачеа народните борци. Војно-полевите судови работеја усилено, интернациите обухватаја цели села и околији, на бесилките увиснаја најдобрите синови на Македонија. Крвожедниот фашиски окупатор тргна кон физичко истребување на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили.\nМакедонски народе,\nПрез долгите години на ропството, тешката стварност те научи оти ти против подлите поробувачи имаш само едно сигурно оражие: борбата. И ти машки го стегна това оражие. Во позивот на КП на Југославија за борба, ти ја чу савеста на најдобрите твои синови. Во нејзиниот револуционерен дух ти ја осети бунтовната силина на еден поробен народ. Во нејзината организациона стегнатост ти го виде твојот водач и умен организатор. Во нејзината доследност ти виде гаранција оти борбата ќе биде изведена до победоносен крај - и ти не се поколеба да тргнеш со смелиот водач и организатор. Револуционерните традиции на Илинден пак оживеа. Настануваат најславните години во твојата историја, настанува епопејата на светата народна ослободителна борба, во која ти се препороди како народ и се осети оспособен да си ја земиш садбата во сопствените раце. Во неравната борба, во која ти влезе смело, израсна од малите партизански одреди - првата во твојата историја Народнослободителна војска, која го прослави македонското име по цел свет и стана страх и трепет за фашискиот окупатор. Сјајните победи при Кичево, Дебар, Тушин, Ристовац, Злетово, Кратово и Струмица се славна историја на твојата војска. Ослободуването на Македонија е нејзиниот свештен завет. Надахната со лјубовта за својот народ, запоена со духот на Делчев, одушевена со борческиот елан на Тито, твојата војска ќе го исполни тој свештен завет и нема да го испушти оражието од раците дури последниот окупаторски војник не биде избркан од нашата татковина, дури последниот воен преставник и предател не добие заслужено наказание и дури слободата не биде исцело извојувана и осигурена.\nМакедонски народе, Изненаден от твојата сплотеност, исплашен од смелите удари на твојата војска, поганиот фашистички окупатор разбира оти сам нема да може да се додржи во Македонија. По стариот обичај на сите пробувачи, тој побара и најде гнасни изроди, готови за фрлената коска да го продадат собствениот народ. Чкатровци и Ѓузеловци, Китинчевци и Ципушевци се натпреваруваат кој посрамно да те продаде. Од шпионското служение на фашистичкиот окупатор, овие одвратни јуди стигнаја до организиране на банди, саставени од најкриминални албански и домашни елементи, за борба против нашата Народно-ослободителна војска, за крволочно избиване на мирното македонско население и за паленје на македонските села.\nУплашениот фашистички окупатор сега ја фрли и последната карта во борбата против македонскиот народ. Крволочната банда на Ванчо Михајлов, потоната во невината крв на толку македонски синове, пак се јавува на предателската сцена, овој пат на чело со познатиот фашистички агент Александар Станишев. Професионалните убијци од софијските улици прават сега јалов опит со терористички јадра од коцкари и пијаници да ја отежнат праведната борба на македонскиот народ за слобода.\nВо борбеното единство на македонскиот народ со другите народи на Југославија, овие погани изроди ја гледаат најголемата опасност за своите противнародни планови. - Ударајќи бесно против српскиот народ, тие сакаат да удрат против единството на братските народи во Југославија, да го одделат македонскиот народ од нив, да го осамат во борбата и, изолиран од неговите сојузници, полесно да го уништат. Со својата бесна компанија против Маршал Тито, тие се опитаха да го отделат македонскиот народ од гениалниот водач на Народно-ослободителната борба и да ја закопат за вечни времина слободата на македонскиот народ. Фрлајќи лаги и одвратни клевети против нова, демократска и федеративна Југославија, тие сакаат да го турнат македонскиот народ во поразениот лагер на фашистите и да го дотерат утре на оптуженичка клупа заедно со фашистичките злочинци.\nВелико-српските хегемонисти на Дража Михајловиќ и Милан Недиќ, демаскирани како слуги на окупаторот и отфрлени од српскиот народ, презрени од демократската светска јавност, разбијени исцело во Македонија, притаени во разни германски претпријатија, дебнат момент да се фрлат на македонскиот народ и пак да го прегнат во јаремот на белградските шовинисти.\nВо Западна Македонија уште живеат албанските фашисти околу криминалците Джемо и Мефаил. Потпомогнати од Чкатровци и Коцаревци палат тие македонски села и крволочно го избиваат македонското население.\nСите овие браќа во криминалот и душмани на македонскиот народ се верни слуги на истиот господар - крволочниот Хитлер. Но ти брзо ги откри пеколските планови на овие злочинци и им даде достоен одговор. Немилосрдната борба против фашизмот и крвавиот великобугарски окупатор, то беше твојот одговор на нивните опити да те впрегнат во јаремот на фашиското ропство. - Разбиването на контрашките банди уште во нивниот зародиш, то беше твојот одговор на нивниот опит да го разделат македонскиот народ и да е удушат неговата борба. - Нераздружимото братство и единство со другите народи во Југославија, то беше твојот одговор на нивните опити да те осамотат во борбата. - Изградувајнето на нова, демократска и федеративна Југославија на чело со маршал Тито и твојата сплотеност во редовите на Народно ослободителниот фронт на Македонија, то е твојот одговор на сите планови на великосрпските хегемонисти и на разбојнички прохтеви на големоалбанските фашисти. То е денес твојот одговор на сите овие душмани - твојата праведна борба за слобода. Утре никаква сила нема да ги спаси овие продадени души од немилосрдниот народен суд. Никаква сила нема да ја запре твојата осветничка тупаница да ги разбие главните на овие гнасни изроди и подли поробувачи. Никаква сила нема да ја намали твојата величанствена борба за слобода. Борбата за твојот праведни идеали се најдува пред победоносен крај, пред полна национална слобода.\nМакедонски народе,\nОд тешките борби и пролевената крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигнува. За прв пат после Самоила македонскиот народ створи своја собствена држава; за прв пат македонскиот народ ќе се осети во Македонија како во своја кукја; за прв пат тој стана не дребна пара во сметките на грабежливите сили, ами слободен народ во слободна држава. Това е најголемата придобивка во историјата на нашиот народ, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија и со помошта на другите народи на Југославија, осигурена во нова, федеративна заедница на народите на Југославија.\nТргајќи од животните интереси на македонскиот народ, од неговите заеднички борби со другите народи во Југославија против големо-српската хегемонија и од скапите жертви дадени против заедничкиот фашиски окупатор, првото македонско Народно собрание изјавува во твое име оди МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЛЕГУВА КАКО НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДЕН И РАВНОПРАВЕН ЧЛЕН ВО НОВА, ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА, на принципите установени на ИИ заседание на Антифашиското веќе на народното ослободуване на Југославија (АВНОЈ), на кое му се признаја правата на национална слобода. Со това, македонскиот народ станува градител на нова Југославија, која е дело и израз на нераздруживото единство и братство на сите нејзини народи, и најголемата гаранција како за слободата на секој отделен народ, така и за слободата на сите народи во Југославија заједно. Како дел на нова, демократска и федеративна Југославија, македонскиот народ станува сојузник на големите сили победителки.\nТргвајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање ЗА ОБЕДИНЕНИЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД на принципите на правото за самоопределуване. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи.\nБидејќи свесно оти фашизмот е најголемиот враг на малите народи и на славјанството, првото македонско Народно собрание тржествено изјавува оти македонскиот народ нема да го остави оражието дури фашизмот со сите негови помагачи не биде исцело разгромен.\nБорејќи се за слободата на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание ги ПРОКЛАМИРА ПРАВАТА НА ПОЛНА СЛОБОДА И РАВНОПРАВНОСТ НА СИТЕ НАРОДНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА.\nМакедонци и Македонки, браќа и сестри!\nПрвото македонско Народно Собрание ги прокламира овија свети принципи во момент кога братската победоносна Црвена армија, стапува на германска земја и незадрживо оди кон Берлин, кога нашите англо-американски сојузници на запад го пробија атланскиот зид на Хитлеровата европејска зандана, кога сојузничките армиии од југ настапуваа кон Алпите, кога приказаната со смелост Титова армија се готви да тргне на Белград, Загреб, Љубљана, Сарајево и Скопје.\nПрвото македонско Народно Собрание ги прокламира овие големи принципи во согласие со основните решениа на Московската и Техеранската конференција, кои ги гарантираат правата на слободен живот на секој народ, ангажиран во борбата против фашискиот окупатор.\nВо овија дни се решава садбата на нашиот народ за векови. Историјата ве поставила пред судбоносна проба. Од вас зависи дали Македонија ќе биде зандана за робови или слободна татковина на слободни луѓе. Жертвите на вашие браќа и правоборци ве викаат на последен јуриш. Сетнината ваша и сетнината на нашата родина ве викаат на последен, одлучен бој. Наредете се сите во народно-ослободителниот фронт и докажете оти сте достојни синови на еден јуначки народ. Дигнете се сите против крвавиот окупатор и докажете оти сте способни да си ја спечалите слободата и изградите сами сетнината.\nМакедонци под Бугарија и Грција,\nОбидението на целиот македонски народ зависи од вашето участие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределуење и обединение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на Македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обидението на целиот македонски народ! Нека вашето участие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.\nБраќа Арнаути, Турци и Власи,\nПоробувачите на Македонија од везден сакале да не разделат и скарат за полесно да ја владат нашата татковина и да ги грабат нашите народи. Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи са исти, а нивната садба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме.\nВашите синови учествуват во македонската војска и земат веќе командни места. Вашите првоборци учествуват како пратеници - народни претставители во Народното Собрание. Првото македонско Народно Собрание е прокламира слободата и равноправноста на сите народности во Македонија. Мобилизирајте ги сите сили поскоро да ги оствариме неговите свети принципи. Учествувајте равноправно во борбата против окупаторот за да можете равноправно да учествувате во изградувајнето на слободна Македонија - слободна татковина на сите народности.\nИлинденци,\nКрвавиот фашиски окупатор спекулира со вашите жертви и со вашата крв. Тој срамно ги изопачува целите на вашата несебична борба во миналото. Тој се опирва да го сроза вашиот авторитет, употребувајќи ве како перде за страшниот грабеж и терор спроведуван над вашата земја. Тој подмолно се опитва во најрешителните моменти да го раздели вашиот народ на стари и млади.\nСе исполнуват целите за кои вие сте се бориле. Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој хиладници ваши другари ги дадоа својте животи во Илинденската епопеа. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од нашите водачи. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше, а нашата ги исполнува! Напред стари и млади за изградуване на слободна Македонија.\nМакедонска емиграцијо во Бугарија,\nРопството на нашата македонска родина ве отдели од вашите куќи, од вашите блиски, од вашите села и градови. Тешката садба на вашата поробена татковина ве фрли во лапите на подлиот корбурговски диктатор. Во мрачните завоевателни планови на крвавиот кобурговски дворец, на вас ви беше предопределена ролјата на воени провокатори на Балканот и на камшик во рацете на тираните против слободољубивиот бугарски народ.\nНие синовите на боречка Македонија везден сме правеле разлики между убијците од бандата на Иван Михајлов и чесната македонска емиграција. Ние од везден сме знаеле оти во вашите гради никогаш не престанало да бие едно чесно срце на нашата обшта родина, оти нашите идеали са и ваши идеали и оти во вас никога не угаснало желеанието да се најдете пак во вашата слободна и незастранена македонска татковина. Првото македонско Народно Собрание ви испраќа пламени братски поздрави и ве кани во дружна борба за ослободувајне на Македонија и изградувајне на слободна Македонска држава. Отврлете ги самоназначените водачи околу крволокот Иван Михајлов! Присаединете се кон нашиот Народно-ослободителен фронт за избркуване на фашиските поробители! Земете участие во ослободувајнето на обштата македонска татковина! Дајте го својот дел во нејзиното изградувајне! Нека нашата сплотеност стане остар одговор на сите поробувачки планови! Нека нашето единство стане страх и трепет за враговите на Македонија! Нека нашиот боречки патриотизам стане гаранција за подобра сетнина на нашата татковина!\nМакедонски работници!\nВие први разбравте оти фашизмот е ваш најголем душман, најсвирепиот поробител на вашиот народ, и вие први влеговте во светата борба против него. Зад секоја победа во оваја трогодишна борба се крие пожртвованоста на вашите првоборци. Секој успех против крвавиот фашиски окупатор е израснал од крвта на вашите другари.\nВо слободна Македонија, во нова Југославија, вие ќе започнете еден посреќен и подостоен за вас живот.\nВо предвечерието на слободата ни еден ваш другар не смее да остане на страна од борбата. Напуштајте ги фашиските работилници, фабрики и рудници! Напуштајте ги фабриките во фашиска Германија! Влегувајте во вашата народно-ослободителна војска и станете нејзин грбнак! Со своето масовно участие станете првоборци на Народно ослободителната борба! Со својата храброст станете гордост на нашиот народ! Со својата прикажана упорност изградувајте ја слободна Македонија и станете нејзини најпредани творители! Направете од новата македонска држава вистинска, слободна, и праведна татковина на целиот работен народ.\nМакедонски селани,\nВие најдобро осетивте на сопствената кожа што значи фашиско ропство. Во овија три години плодовите на вашиот труд се грабеа и се грабат по најбесрамен начин, а на вас ви остава само ропска работа, беда и безправие. Фашиските повелачи ве оставија да живите само за тоа, да можете да работите на нивната војна машина. Од вашиот труд се гојат окупаторските грабачи, а вие остануете гладни, голи и боси. Фашизмот ви зеде се, а не ви даде ништо.\nВо овије неколко месеци се решава садбата на македонскиот народ. Садбата на Македонија е садба на македонскиот народ. Садбата на Македонија е садба на македонските селани, дека вие сте најголемиот негов дел. Не давајте ги својте произведенија на фашиските изеденици! Кријте го житото! Избивајте ги реквизионите комисии! Палете ги фашиските општини. Не плаќајте данаци на вашите поробители! Влегувајте смело во редовите на нашата војска! Станете сите како еден да ја извојуваме слободата и да ја изградиме слободна Македонија.\nМакедонски младинци и младинки,\nВие бевте првата жертва на фашиските окупатори и вие кренавте први во борба против нив. Со својата прикажана храброст вие дадовте пример како се служи на народните идеали. Вие денес го чините најборбеното јадро на нашата војска.\nВо борбата што се води денес се изградува поарна младинска сетнина. Слободна Македонија вие треба да (ја) изградите. Со сите сили помогнете за спроведуеното на решениата на АСНОМ и (за) изградуенето на новата народна демократична власт во Македонија и (на) нашата Македонска држава.\nБорци од Народно-ослободителната војска на Македонија, партизани, војници, офицери, подофицери и политички работници,\nСо вашата прикажана смелост вие го разнесовте македонското име по цел свет. Со својата безпримерна пожертвуваност вие му натеравте страв во коските на фашискиот окупатор. Со крвта на најдобрите свои другари вие е исписавте славната историја на македонскиот народ. Победата е близу, но требат уште напори да се извојува слободата на македонскиот народ. Во гигантската борба што се води денес, вие не сте сами. Вие сте дел на славната Народно-ослободителна војска на Југославија и како такви - сојузници на победоносната Црвена армија и на англоамериканските војски, кои ги задават последните удари на фашискиот окупатор.\nЗапалените села по цела Македонија ве канат на освета! Поробениот македонски народ чека од вас слобода! Држете го уште поцврсто оражието спечалено со крв, јакнете ја уште повеќе вашата дисциплина и воена вештина! Дигнете го уште повисоко знамето на Гоце Делчев! Гответе се за последните удари на фашискиот окупатор! Гответе се за слободуене на Македонија!\nМакедонски мајки, жени и сестри\nВо оваја величанствена борба вие го дадовте својот крвав дел. Во слободата на македонскиот народ вие ќе си ја спечалите и собствената слобода. Во утрешна слободна Македонија, Вие ќе бидете нејзини слободни и равноправни строители.\nУчествувајте уште помасовно во народно-ослободителна борба! Мобилизирајте ги сите свои другарки за борба на фронт и работа во тилот. Борците на фронтот имаат нужда од вашата поткрепа. Слободата на вашиот народ имаат нужда од вашата помош. Изградувајнето на новата држава не може да се замисли без вашето равноправно участие. Прегнете ги сите сили за поскоро да ги оствариме принципите првозгласени од првото македонско Народно Собрание.\nМакедонски народе, браќа и сестри!\nЗората на слободата изгрева! Од крвавата борба израсна веќе слободна Македонска држава, во нова, демократска и федеративна Југославија. Но борбата уште не е завршена. Прегнете ги сите сили да се истргне слободата што поскоро, да се сачуваат печалбите на сегашната борба, мобилизирајте ги сите снаги за изградувајнето на нашата држава и направете од неа сретна татковина на среќен народ.\nСѐ за фронт - сѐ за победа!\nДа живее првата Македонска Држава во нова, демократска федеративна Југославија!\nДа живее првото Антифашистко собрание за народно ослободуване на Македонија!\nДа живее Антифашиското веќе на народното ослободуване на Југославија!\nДа живее националниот комитет, на чело со лубимниот водач на Југославија Маршал Тито!\nДа живее нераздруживото братство и единство на народите на Југославија!\nДа живее Народно-ослободителната војска на Југославија!\nЗа Антифашиското собрание на народното ослободуване на Македонија:\nПрезидиум:\nПретседател: Методи Андонов - Ченто, трговец од Прилеп;\nпотпредседатели: Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануил Чучков, директор на гимназија од Штип;\nсекретари: Лјубчо Арсов, банкарски чиновник од Штип и Др. Владимир Полежиновски, правник од Кичево;\nчленови: Венко Марковски, поет од Скопје, Цветко Узуновски, работник од Преспа, Богоје Фотев, землоделец од с. Бистрица - Битолско ген(ерал)-мајор Михаил Апостолски, командант на НОВ и ПОМ, од Штип, Страхил Гигов, н(ачалник) од персон(алниот) отдел на Гл(авниот) Штаб, Петре Пирузе, адвокат од Охрид, Кирил Петрушев, работник од Скопје, Јован Јоргов, свештеник од с. Дреново, Епаминонда Поп-Андонов проф(есор) од Струмица, Генадие Лешков, землод(елец) од с. Дреново, Бродско, Ќемал Аголи, студент од Дебар, Лазар Соколов економист од Куманово, Вера Ацева, домаќинка од Прилеп, Камбер Хасан, землед(елец) од с. Дисан, Ацо Петровски, кројач од Скопје, Младен Георгиев Челопечки, земл(оделец) од с. Челопек, Лилјана Чаловска, студентка од Битола.", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%2C_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_5", "word_count": 3714, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2340", "title": "Дали си се наспало", "text": ":Дали си се наспало, мори\n:дилбер бела Јованке,\n:три вечери без мене?\n:Јане ле мори калешо,\n:три вечери без мене?\n:На четврта јас дојдов, мори\n:дилбер бела Јованке,\n:тебе дома не најдов.\n:Јане ле море калешо,\n:тебе дома не најдов.\n:Тук' те најдов по комшии, мори\n:дилбер бела Јованке,\n:со твоите посестрими.\n:Јагне ле мори калешо,\n:со твоите посестрими.\n:Ако ме љубиш, љуби ме, мори\n:дилбер бела Јованке,\n:ако не, право кажи ми.\n:Јагне ле море калешо,\n:ако не, право кажи ми.\n:Ако не, право кажи ми, мори\n:дилбер бела Јованке,\n:да си го барам чарето.\n:Јане море калешо,\n:да не си губам времето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D1%81%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%BE", "word_count": 109, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2337", "title": "Дали знаеш мила мајко", "text": ":Дали знаеш мила мајко\n:што сум несреќна\n:стално дома сама седам\n:надвор не смеам.\n:Еј мила мајко проклета да си\n:Еј од либето што ме раздели.\n:Од либето што ме раздели\n:без да сакам јас\n:в' гради болка ми остави\n:на срце мраз.\n:Еј мила мајко проклета да си\n:Еј од либето што ме раздели.\n:Дали пак тој ќе се врати\n:јас да го чекам\n:до две думи јас да му кажам\n:дека ќе умрам.\n:Еј мила мајко проклета да си\n:Еј од либето што ме раздели.\n:Две години тајна љубов\n:нека секој знај\n:таа мене ќе ме мачи\n:дури до гроба.\n:Еј мила мајко проклета да си\n:Еј од либето што ме раздели.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%88_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 119, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2343", "title": "Дафинка платно белеше", "text": ":Дафинка платно белеше\n:дилбер Дафинко\n:на бели Дунав, Дунав, е.\n:Силен је ветер повеје,\n:в' кајче ле мило\n:Дафинка ми је понесе.\n:Мајка е ќерка бараше:\n:- Ќерче ле мило\n:каде си ќерко Дафино?\n:Еве сум мајко в' темнина\n:мајче ле мило\n:не можам мајко д' излезам.\n:Нозеве ми се врзани\n:мајче ле мило\n:со раки до три корења.\n:Рацеве ми се сплеткани\n:мајче ле мило\n:од бесценети камења.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%BE_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2347", "title": "Девет години болен лежев", "text": ":Девет години болен лежам\n:в' рајски градини [2x]\n:солзи ронев. [2x]\n:С' превез девојче плаче над гроб\n:и ми се смеит [2x]\n:да сум бил роб. [2x]\n:Не си достоен, ох ангел мој\n:ко не си воен, не си достоен\n:јунак во бој. [2x]\n:Сама ќе дојдам, ох драги мој\n:крст да ти сложам, венец да положам\n:на гробот твој. [2x]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B5%D0%B2", "word_count": 66, "cyrillic": 0.908}
{"id": "2350", "title": "Девојко убава", "text": ":На, на, на, на...\n:О, девојко, девојко\n:убава, убава\n:запеј ми, запеј ми\n:да чујам јас.\n:О, девојко, девојко\n:убава, убава\n:заиграј, заиграј\n:да видам јас.\n:Ако сакаш да ти запејам\n:треба да ме милуваш,\n:ако сакаш да ти заиграм\n:треба да ме бакнуваш.\n:На, на, на, на...\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2345", "title": "Двама се љубеа мамо", "text": ":Двама се љубеа мамо\n:Двама се љубеа\n:Двама се љубеа мамо\n:време три години\n:време три години мамо\n:па и шест месеци.\n:На момчето мајка беше\n:на момчето мајка\n:на момчето мајка беше\n:голема душманка. [х2]\n:Па не ми дадоа мамо\n:па не ми дадоа\n:па не ми дадоа мамо\n:двајца да се земат. [х2]\n:Момчето умрело мамо\n:момчето умрело\n:момчето умрело мамо\n:в' сабота навечер,\n:а момето умре мамо\n:рано во недела.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B5%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2344", "title": "Дафино црвен каранфил", "text": ":Дафино моме мори црвен каранфил\n:кога ти видов белото лице, црните очи\n:црните очи, гајтанли веѓи, умрев за тебе.\n:Дафино моме мори\n:срце ми гори моме\n:севда ме мори.\n:Дафино моме мори црвен каранфил\n:кога ти видов китка во коса, умрев за тебе\n:китка во коса, црвен каранфил, умрев за тебе.\n:Дафино моме мори\n:срце ми гори моме\n:севда ме мори.\n:Од гледање бре лудо фајде си немаш\n:мене ме мама лудо ветила уште малечка. [х2]\n:Лудо ле лудо младо\n:срце ми гори лудо\n:севда ме мори.\n:Лудо ле лудо младо бре, а бре будало\n:не чекај лудо не губи време појди за мене. [х2]\n:Лудо ле лудо младо\n:срце ми гори лудо\n:севда ме мори.\n:Дафино моме мори\n:срце ми гори Дафе\n:севда ме мори.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D1%86%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%84%D0%B8%D0%BB", "word_count": 131, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2346", "title": "Дебарцо ти си борбена", "text": ":Дебарца солзи пророна\n:за своите славни херои\n:Сатеска жално пробучи\n:цела со крв се обои.\n:Дебарцо ти си борбена\n:од Ботун сè до Пресека.\n:За тебе песни ти пеам\n:во тебе мирно живеам\n:во село славно Сливово\n:братство единство изгради.\n:Дебарцо ти си борбена\n:од Ботун сè до Пресека.\n:Кога херои гинеа\n:на твоите деца мислеа,\n:дали ќе светне слобода\n:во тебе мирно да живеат.\n:Дебарцо ти си борбена\n:од Ботун сè до Пресека.\n:Славеј Планина запеа\n:партизански песни херојски\n:сонцето кога изгрева\n:пред него вие стоите.\n:Дебарцо ти си борбена\n:од Ботун сè до Пресека.", "subject": ["Македонски народни песни", "Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%BE_%D1%82%D0%B8_%D1%81%D0%B8_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2352", "title": "Делба делила", "text": ":Делба делила тај бела Рада,\n:делба делила тај бела Рада, и ха.\n:На сека мома по едно момче,\n:на бела Рада црно Арапче, и ха, и ха.\n:Па се чудила што да му прави\n:па се чудила што да му прави, и ха.\n:Па му купила три оки сапун,\n:па го одвела Дебарски бањи, и ха, и ха.\n:Дебарски бањи на топла вода,\n:три дни го мила, два дни го трила, и ха.\n:Па му претрила десното уво,\n:десното уво, левото рамо, и ха, и ха.\n:Па го качила на бела коња,\n:па го качила на бела коња, и ха.\n:Коњ се белее, он се црнее,\n:коњ се белеје, он се црнеје, и ха, и ха.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BB%D0%B0", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2353", "title": "Детенце мало", "text": ":Детенце мало, с' погледот бистар,\n:без грижи и без јадови.\n:На тебе има насмевка блага,\n:сè ти се чини весело.\n:Весело мило мајкино чедо,\n:само со песни заспиваш.\n:Во себе имаш безгрижен живот,\n:а ништо дете не разбираш.\n:Младоста свети в' лицето твое,\n:усните в' осмех ти играат.\n:Уште си мало, невино мало,\n:си гледаш мајка, го гледаш небото.\n:А јаска слуга, измачен, беден\n:в' планини, в' поле, ливаѓе.\n:В' палати, в' сараи и кај чорбаџии,\n:нем слуга на измамници.\n:Прости ми, темницо, лажна и мрачна,\n:во тебе гнијат херои.\n:Тука болести страшни добиваат,\n:сè млади јунаци, Македонци.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2354", "title": "Дигни си моме очите", "text": ":Дигни си Маро Марче очите,\n:да видам плакало ли си.\n:Да видам плакало ли си,\n:плакало ли си или не.\n:Како да плачам, либе ле,\n:свршија ли ергените?\n:Свршија ли ергените,\n:како за тебе момите?\n:Не се, бре, либе свршиле,\n:но нема друга как' тебе.\n:Но нема друга как' тебе,\n:по срце и по табиет.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%B3%D0%BD%D0%B8_%D1%81%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%BE%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2349", "title": "Девојко лична румена", "text": ":Девојко лична румена\n:кој ли те тебе милува? [х2]\n:Само твојте очи бре лично моме\n:со нежен поглед ме милуваат.\n:Љуби ме, љуби ме\n:бакнежи даруј ми,\n:за љубов искрена\n:две срца тагуваат.\n:Девојко ти ѓаволеста\n:ај да ми бидеш невеста? [х2]\n:Море лично момче не чекај дојди\n:само за тебе јас живеам.\n:Љуби ме, љуби ме\n:бакнежи даруј ми,\n:за љубов искрена\n:две срца тагуваат.\n:Девојко тенка висока,\n:остани моја до века. [х2]\n:Твоја верна љубов јас земам момче\n:и со тебе момче ќе живеам.\n:Љуби ме, љуби ме\n:бакнежи даруј ми,\n:за љубов искрена\n:две срца тагуваат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2348", "title": "Девет години верно да љубиш", "text": ":Љубев јас едно лудо младо,\n:оно ми беше несвршено.\n:Девет години на срце лежи,\n:рана в срце ми остави.\n:Многу је тешко верно да љубиш,\n:верно да љубиш девет години.\n:Многу је тешко верно да љубиш,\n:тага в срцето ми остави.\n:Нашата љубов не је верна,\n:ниту пак беше права истина.\n:Јас да те љубам, друг да те има,\n:каде и што сум не се знајев јас.\n:Многу је тешко верно да љубиш,\n:верно да љубиш девет години.\n:Многу је тешко верно да љубиш,\n:тага в срцето ми оставаш.\n:Ако јас умрам, ти се молам,\n:ти да ми дојдиш на гробот мој.\n:Солзи да рониш и да ме жалиш,\n:стара љубов што си имавме.\n:Многу је тешко верно да љубиш,\n:верно да љубиш девет години.\n:Многу је тешко верно да љубиш,\n:тага в' срцето ми остана.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8_%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B0_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%88", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1954", "title": "Спогодба меѓу Република Македонија и Европската Заедница за олеснување на издавањето визи", "text": "СПОГОДБА\nмеѓу\nРепублика Македонија и Европската Заедница\nза олеснување на издавањето визи\nРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nи\nЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА, понатаму во текстот „Заедницата“;\nпонатаму во текстот страните;\nИмајќи ја предвид одлуката на Европскиот Совет од декември 2005 на Република Македонија да и се додели статус на земја-кандидат за членство во ЕУ;\nИмајќи ја предвид Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) меѓу Европската Заедница и Република Македонија, која беше потпишана во април 2001 година и стапи во сила на 1 април 2004 година и која што во моментот ги уредува односите со Република Македонија;\nПотврдувајќи ја желбата за блиска соработка во рамките на постојните структури на ССА за либерализација на визниот режим меѓу Република Македонија и Европската Унија, во согласност со заклучоците на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Солун на 21 јуни 2003;\nПризнавајќи го напредокот постигнат од страна на Република Македонија во областите на правда, слобода и безбедност, посебно во областа на миграцијата, визната политика, граничното управување и безбедноста на документи;\nСо намера како прв конкретен чекор кон безвизен режим на патување, да се олеснат контактите меѓу луѓето како важен услов за континуиран развој на економските, хуманитарните, културните, научните и други врски, преку олеснување на издавањето визи на граѓани на Република Македонија;\nИмајќи предвид дека граѓаните на ЕУ се ослободени од обврската да поседуваат виза кога патуваат во, или транзитираат низ територијата на Република Македонија во период кој не надминува 90 дена;\nПризнавајќи дека, доколку Република Македонија повторно ја воведе обврската за поседување виза за граѓани на ЕУ, олеснувањата за граѓаните на Република Македонија пропишани со оваа спогодба автоматски, врз основа на реципроцитет, ќе се применуваат за граѓаните на ЕУ;\nПризнавајќи дека визните олеснувања не треба да водат кон незаконска миграција и обрнувајќи посебно внимание на безбедноста и реадмисијата;\nЗемајќи ги предвид Протоколот за позицијата на Обединетото Кралство и Ирска и Протоколот за интегрирање на шенгенското право во рамките на Европската Унија, приложен кон Договорот за Европска Унија и Договорот за основање на Европската Заедница, и потврдувајќи дека одредбите од оваа Спогодба не важат за Обединетото Кралство и Ирска;\nЗемајќи ги предвид Протоколот за позицијата на Данска приложен кон Договорот за Европска Унија и Договорот за основање на Европската Заедница, и потврдувајќи дека одредбите од оваа Спогодба не важат за Кралството Данска;\nСЕ СОГЛАСИЈА ЗА СЛЕДНОВО:\nЧлен 1 – Цел и делокруг на примена\n1. Целта на оваа Спогодба е да се олесни издавањето визи за планиран престој кој не надминува 90 дена во период од 180 дена за граѓаните на Република Македонија.\n2. Доколку Република Македонија повторно воведе барање за виза за граѓаните на ЕУ или за одредени категории граѓани на ЕУ, олеснувањата пропишани со оваа спогодба за граѓаните на Република Македонија автоматски, врз основа на реципроцитет, ќе се применуваат и за засегнатите граѓани на ЕУ.\nЧлен 2 – Општа одредба\n1. Визните олеснувања пропишани со оваа Спогодба ќе важат за граѓаните на Република Македонија само доколку истите не се ослободени од барањето за виза со законите и регулативите на Заедницата или земјите-членки, со оваа спогодба или други меѓународни спогодби.\n2. Домашните закони на Република Македонија, на земјите-членки или на Заедницата ќе се применуваат за прашања што не се опфатени со одредбите на оваа Спогодба, како што се одбивањето да се издаде виза, признавањето на патни исправи, доказ за потребни средства за издржување и одбивањето на влез и мерките на протерување.\nЧлен 3 – Дефиниции\nЗа целите на оваа Спогодба:\nа) „Земја-членка“ значи било која земја-членка на Европската Унија, освен Кралството Данска, Република Ирска и Обединетото Кралство;\nб) „Граѓанин на Европската Унија“ значи државјанин на земја-членка како што е дефинирано во точка (а);\nв) „Граѓанин на Република Македонија“ значи било кое лице кое поседува државјанство на Република Македонија;\nг) „Виза“ значи овластување издадено од земја-членка или одлука донесена од истата, кои се потребни во поглед на:\n- влез за планиран престој во таа земја-членка или во неколку земји-членки во времетраење кое нема да надмине 90 дена\n- влез поради транзит низ територијата на таа земја-членка или неколку земји-членки.\nд) „Лице кое престојува легално“ значи граѓанин на Република Македонија кој има овластување или право за престој којшто не надминува период од 90 дена на територијата на земја-членка, врз основа на националното законодавство или законодавството на Заедницата.\nЧлен 4 – Документирани докази кои се однесуваат на целта на патувањето\n1. За следните категории граѓани на Република Македонија, следните документи се доволни за оправдување на целта на патувањето во другата страна:\nа) Ученици, средношколци, студенти, студенти на постдипломски студии и наставници кои ги придружуваат, како и лица кои патуваат поради студирање или образовна обука, вклучително и во рамките на програми за размена, како и други образовни активности или активности поврзани со училиштето:\n- писмена покана или потврда за запишување од универзитетот, колеџот или училиштето во земјата-домаќин или студентски карти или потврдa за курсевите кои ќе се посетуваат;\nб) Лица кои учествуваат во научни, истражувачки, културни и уметнички активности, вклучително и универзитетски и други програми за размена:\n- писмена покана од организацијата-домаќин за учество во наведените активности;\nв) Претставници на организации од граѓанскиот сектор, кои патуваат заради студирање или образовна обука, семинари, конференции, вклучително и во рамките на програми за размена:\n- писмена покана од организацијата-домаќин, потврда дека лицето ја претставува организацијата од граѓанскиот сектор и потврда за основањето на таква организација од релевантен Регистар, издадена од надлежен државен орган, согласно националното законодавство ;\nг) Новинари:\n- потврда или друг документ издаден од професионална организација со кој се докажува дека лицето на кое се однесува е новинар и документ издаден од работодавачот во кој е наведено дека целта на патувањето е да врши новинарска работа;\nд) Учесници на меѓународни спортски настани и лица кои ги придружуваат во професионално својство:\n- писмено барање од организација во земјата-домаќин: надлежни органи, национални спортски федерации или национални олимписки комитети на земјите-членки;\nѓ) Стопанственици и претставници на деловни организации:\n- писмена покана од правното лице или компанијата домаќин, или од канцеларија или филијала на такво правно лице или компанија, или од државни или локални власти на земјата-членка домаќин, или од организациони одбори на трговски и индустриски изложби, конференции и симпозиуми кои се одржуваат на територијата на земјите-членки;\nе) Припадници на разни професии кои учествуваат на меѓународни изложби, конференции, симпозиуми, семинари или други слични настани кои се одржуваат на територијата на земјите -членки:\n- писмена покана од организацијата-домаќин со која се потврдува дека лицето учествува на настанот;\nж) Учесници во официјални програми за размена, организирани од збратимени градови:\n- писмено барање од градоначалникот или од раководно лице во администрација на овие градови;\nз) Возачи кои вршат меѓународен превоз на товар и патници во териториите на земјите-членки, со возила регистрирани во Република Македонија:\n- писмено барање од здружение на превозници во Република Македонија кое врши меѓународен патен превоз, во кое се наведени целта, времетраењето и зачестеноста на патувањата;\nѕ) Членови на екипажи на возови, ладилници или локомотиви во меѓународни возови кои патуваат во териториите на земјите-членки:\n- писмено барање од надлежна железничка компанија во Република Македонија, во кое се наведени целта, времетраењето и зачестеноста на патувањата;\nи) Блиски роднини – брачен другар, деца (вклучително и посвоени), родители (вклучително и страратели), баби, дедовци и внуци - во посета на граѓани на Република Македонија кои легално престојуваат на територијата на земја-членка:\n- писмена покана од лицето-домаќин;\nј) Претставници на верски заедници:\n- писмено барање од регистрирана верска заедница во Република Македонија во кое се наведени целта, времетраењето и зачестеноста на патувањата;\nк) Лица кои патуваат заради медицински причини и лица кои се неопходни заради придружба:\n- официјален документ од медицинска институција со кој се потврдува потребата од медицинска нега во таа институција, потребата да се биде придружуван и доказ за потребните финансиски средства за плаќање на медицинскиот третман;\nл) Лица кои патуваат заради присуство на погребни церемонии:\n- официјален документ со кој се потврдува смртта, како и писмена потврда за семејниот или друг однос помеѓу апликантот и починатиот;\nљ) Членови на официјални делегации кои, на официјална покана до Република Македонија, учествуваат на состаноци, консултации, преговори или програми за размена, како и на настани кои се одржуваат на територијата на земјите-членки од страна на меѓувладини организации:\n- писмо издадено од надлежен орган на Република Македонија со кое се потврдува дека барателот е член на делегацијата, која патува во другата страна со цел да учествува на претходно споменатите настани, придружено со копија од официјалната покана;\nм) Лица кои патуваат заради туризам:\n- потврда или ваучер од туристичка агенција или тур-оператор акредитиран од земја-членка во рамки на локалната конзуларна соработка, со кој се потврдува резервацијата за организираното патување;\nн) Лица кои патуваат заради посета на воени или цивилни гробови:\n- официјален документ со кој се потврдува постоењето и зачуваноста на гробот, како и писмена потврда за семејниот или друг однос помеѓу апликантот и починатиот.\n2. Писменото барање наведено во став 1 од овој член ќе ги содржи следните ставки:\nа) за поканетото лице: име и презиме, дата на раѓање, пол, државјанство, број на личната исправа, време и цел на патувањето, број на влезови и доколку е релевантно името на брачниот другар и децата кои го придружуваат поканетото лице;\nб) за лицето кое поканува: име и презиме и адреса, или\nв) за правното лице, компанија или организација која поканува: полно име и адреса и\n- доколку барањето е издадено од организација, името и функцијата на лицето кое го потпишува барањето\n- доколку лицето кое поканува е правно лице, компанија, канцеларија или филијала на правно лице или компанија основани на територијата на земја-членка, регистарскиот број како што е пропишано во домашните закони на засегнатата земја-членка.\n3. За категориите лица изнесени во став 1 од овој член, сите категории визи се издаваат според поедноставена процедура без да се бара било какво друго оправдување, покана или потврдување во врска со целта на патувањето.\nЧлен 5 – Издавање повеќекратни визи\n1. Дипломатските мисии и конзуларните претставништва на земјите-членки ќе издаваат повеќекратни визи со рок на важност до најмногу пет години за следните категории лица:\nа) Членови на Владата, Собранието, Уставниот суд, Врховниот суд, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ако истите не се изземени од обврската за поседување на виза со оваа Спогодба, заради извршување на нивните обврски, со рок за важност ограничен на траењето на нивниот мандат ако изнесува помалку од пет години;\nб) Постојани членови на официјални делегации кои, на официјална покана до Република Македонија, редовно ќе учествуваат на состаноци, консултации, преговори или програми за размена, како и на настани кои се одржуваат на територијата на земјите-членки од страна на меѓувладини организации;\nв) Брачни другари и деца (вклучително и посвоени), кои се помали од 21 година или се издржувани и родители (вклучително и страратели), во посета на граѓани на Република Македонија кои легално престојуваат на територијата на земја-членка, со рок на важност ограничен со времетраењето на важноста дозволата за легален престој;\nг) Стопанственици и претставници на деловни организации кои редовно патуваат во земјите-членки;\nд) Новинари;\nѓ) Претставници на верските заедници регистрирани во Република Македонија кои редовно патуваат во земјите-членки.\n2. Дипломатските мисии и конзуларните претставништва на земјите-членки ќе издаваат повеќекратни визи со рок на важност до една година за следните категории лица, доколку во претходната година се стекнале со најмалку една виза, ја употребиле во согласност со законите за влез и престој на посетената земја-членка и доколку постојат причини за барање на повеќекратна виза:\nа) Студенти запишани на додипломски или последипломски студии кои редовно патуваат поради студирање или образовна обука, вклучително и во рамките на програми за размена;\nб) Лица кои редовно патуваат заради учество во научни, истражувачки, културни и уметнички активности, вклучително и универзитетски и други програми за размена;\nв) Учесници во меѓународни спортски настани и лица кои ги придружуваат во професионално својство;\nг) Припадници на разни професии кои редовно патуваат заради учество на меѓународни изложби, конференции, симпозиуми, семинари или други слични настани кои се одржуваат на територијата на земјите –членки;\nд) Претставници на организации од граѓанскиот сектор, кои редовно патуваат во земјите-членки заради студирање или образовна обука, семинари, конференции, вклучително и во рамките на програми за размена;\nѓ) Учесници во официјални програми за размена организирани од збратимени градови;\nе) Градоначалници и членови на Советите на општините;\nж) Возачи кои вршат услуги за меѓународен превоз на товар и патници во териториите на земјите-членки, со возила регистрирани во Република Македонија;\nз) Членови на екипажи на возови, ладилници или локомотиви во меѓународни возови кои патуваат во териториите на земјите-членки;\nѕ) Лица кои имаат потреба од чести патувања заради медицински причини и лица кои е неопходно да ги придружуваат;\nи) Членови на официјални делегации кои, на официјална покана до Република Македонија, ќе учествуваат на состаноци, консултации, преговори или програми за размена, како и на настани кои се одржуваат на територијата на земјите-членки од страна на меѓувладини организации.\n3. Дипломатските мисии и конзуларните претставништва на земјите-членки ќе издаваат повеќекратни визи со рок на важност од најмалку две, а најмногу пет години за категориите лица изнесени во став 2 од овој член и за други лица, доколку во текот на претходната година искористиле една повеќекратна виза во согласност со законите за влез и престој на посетената земја и доколку причините за барање повеќекратна виза се сè уште оправдани.\n4. Вкупниот период на престој на лицата изнесени во ставовите 1-3 од овој член нема да надминува 90 дена за период од 180 дена на територијата на земјите-членки.\nЧлен 6 – Такси за обработка на барањето за виза\n1. Таксата за обработка на барањата за виза за граѓаните на Република Македонија ќе изнесува 35 евра.\nГоренаведениот износ може да биде ревидиран во согласност со постапката од член 14 став 4.\nДоколку Република Македонија повторно воведе обврска за поседување виза за граѓаните на ЕУ, визната такса која ќе се наплаќа од страна на Република Македонија, нема да биде повисока од 35 евра или утврдениот износ доколку таксата се ревидира во согласност со постапката од член 14 став 4.\n2. Таксата за обработка на барањата за виза ќе биде укината за следните категории лица:\nа) Блиски роднини – брачен другар, деца (вклучително и посвоени), родители (вклучително и страратели), баби, дедовци и внуци - во посета на граѓани на Република Македонија кои легално престојуваат на територијата на земја-членка;\nб) Членови на официјални делегации кои, на официјална покана до Република Македонија, редовно ќе учествуваат на состаноци, консултации, преговори или програми за размена, како и на настани кои се одржуваат на територијата на земјите-членки од страна на меѓувладини организации;\nв) Членови на Владата, Собранието, Уставниот суд, Врховниот суд, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ако истите не се изземени од обврската за поседување на виза со постоечката Спогодба;\nг) Градоначалници и членови на советите на општините;\nд) Инвалиди и лицето кое ги придружува, доколку е потребно;\nѓ) Лица кои презентирале документи со кои се докажува неопходноста за нивното патување на хуманитарна основа, вклучително заради добивање на итен медицински третман, како и лицето кое придружува такво лице, или заради присуство на погреб на близок роднина, или заради посета на сериозно болен близок роднина;\nе) Учесници во меѓународни спортски настани и лицата кои нив ги придружуваат во професионално својство;\nж) Лица кои патуваат заради учество во научни, истражувачки, културни и уметнички активности, вклучително и универзитетски и други програми за размена;\nз) Учесници во официјални програми за размена организирани од збратимени градови;\nѕ) Новинари;\nи) Пензионери;\nј) Возачи кои вршат меѓународен превоз на товар и патници во териториите на земјите-членки, со возила регистрирани во Република Македонија;\nк) Членови на екипаж на возови, ладилници или локомотиви во меѓународни возови кои патуваат во териториите на земјите-членки;\nл) Претставници на организации од граѓанскиот сектор, кои патуваат заради студирање или образовна обука, семинари, конференции, вклучително и во рамките на програми за размена;\nљ) Претставници на верските заедници регистрирани во Република Македонија;\nм) Припадници на разни професии кои патуваат заради учество на меѓународни изложби, конференции, симпозиуми, семинари или други слични настани кои се одржуваат на територијата на земјите –членки;\nн) Ученици, студенти, студенти на постдипломски студии и наставници кои ги придружуваат, кои патуваат поради студирање или образовна обука, вклучително и во рамките на програми за размена, како и други образовни активности или активности поврзани со училиштето;\nњ) Деца под 6 години;\n3. Со дерогација на став 1 од овој член, Бугарија и Романија, за кои е обврзувачко шенгенското право, но сè уште не издаваат шенген визи, можат да ги укинат таксите за обработка на барањата за национална виза за краток престој за граѓаните на Република Македонија, до денот кој ќе биде определен со Одлука на Советот за нивна целосна имплементација на шенгенското право во визната политика.\nЧлен 7– Должина на процедурите за обработка на барањето за виза\n1. Дипломатските мисии и конзуларните претставништва на земјите-членки ќе донесат одлука по барањето за издавање на виза во рок до 10 календарски денови од денот на прием на барањето и документите потребни за издавање виза.\n2. Временскиот период за донесување одлука за барањето за виза може да биде продолжен најмногу до 30 календарски денови во индивидуални случаи, особено кога е потребно дополнително разгледување на барањето.\n3. Временскиот период за донесување одлука за барањето за виза може да биде намален на 2 или помалку работни дена во итни случаи.\nЧлен 8 – Заминување во случај на изгубени или украдени документи\nГраѓаните на Европската Унија и на Република Македонија кои ги изгубиле своите лични исправи или чии лични исправи биле украдени за време на престојот на теритотијата на Република Македонија или на земјите-членки, можат да ја напуштат територијата врз основа на важечки лични исправи кои даваат право да се премине границата, а кои се издадени од дипломатска мисија или конзуларно претставништво на земја-членка или на Република Македонија без било каква виза или друго овластување.\nЧлен 9 – Продолжување на визата во исклучителни околности\nНа граѓаните на Република Македонија кои не се во можност да ја напуштат територијата на земјите-членки до времето наведено во нивната виза поради виша сила, хуманитарни, сериозни професионални или лични причини, бесплатно ќе им се продолжи рокот на визата во согласност со законодавството применувано од земјата-домаќин за периодот потребен за нивно враќање во земјата на нивниот престој.\nЧлен 10 – Дипломатски пасоши\n1. Граѓаните на Република Македонија, носители на валидни дипломатски пасоши можат да влезат, да ја напуштат и да транзитираат низ територијата на земјите-членки без виза.\n2. Лицата наведени во став 1 на овој член можат да престојуваат на територијата на земјите-членки не подолго од 90 дена во период од 180 дена.\nЧлен 11 – Територијална важност на визите\nГраѓаните на Република Македонија, кои подлежат на националните правила и регулативи во врска со националната безбедност на земјите-членки и на правилата на ЕУ за визи со ограничена територијална важност, ќе имаат право да патуваат во територијата на земјите-членки на еднаква основа со граѓаните на Европската Унија.\nЧлен 12 – Заеднички комитет за водење на Спогодбата\n1. Страните ќе формираат Заеднички комитет од експерти (понатаму во текстот „Комитетот“), составен од претставници на Европската Заедница и на Република Македонија. Заедницата е претставена од Комисијата на Европските Заедници, помогната од експерти од земјите-членки.\n2. Комитетот, особено, ќе ги има следните задачи:\nа. да ја набљудува примената на оваа Спогодба (редовна размена на информации, вклучувајќи податоци за бројот на издадени визи поднесени и одбиени барања за визи);\nб. да предлага измени и дополувања на оваа Спогодба;\nв. да решава спорови произлезени од толкувањето на одредбите на оваа спогодба.\n3. Комитетот ќе се состанува кога е неопходно на барање на една од страните, а најмалку еднаш годишно.\n4. Комитетот ќе донесе свој деловник за работа.\n5. Комитетот ќе ги известува релевантните органи основани со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, обезбедувајќи периодично податоци за примената на оваа спогодба.\nЧлен 13 – Односот на оваа спогодба со билатералните спогодби меѓу земјите-членки и Република Македонија\n1. Почнувајќи од денот на нејзиното стапување во сила, оваа Спогодба ќе надвалдее над одредбите од било кои билатерални или мултилатерални спогодби или договори склучени меѓу одделни земји-членки и Република Македонија, доколку одредбите од тие спогодби или договори опфаќаат прашања кои се опфатени со оваа Спогодба.\n2. Одредбите од билатералните спогодби или договори меѓу одделни земји-членки и Република Македонија потпишани пред 1 јануари 2007 година кои предвидуваат ослободување од обврската за поседување виза за носителите на службени пасоши ќе продолжат да се применуваат за период од 5 години од стапувањето во сила на оваа Спогодба, без исклучување на правото на засегнатите земји-членки или Република Македонија да ги откажат или суспендираат овие билатерални спогодби во текот на тие 5 години.\nЧлен 14 – Завршни одредби\n1. Оваа Спогодба ќе биде ратификувана или одобрена од страните во согласност со нивните процедури и ќе стапи во сила на првиот ден од вториот месец по денот на кој страните ќе се известат една со друга дека гореспоменатите процедури се завршени.\n2. Со дерогација на став 1 од овој член, оваа Спогодба ќе стапи во сила на денот на стапување во сила на Спогодбата меѓу Република Македонија и Европската Заедница за реадмисија на лица доколку овој датум следи по датумот предвиден во став 1 од овој член.\n3. Оваа Спогодба се склучува на неодредено време, освен ако не биде прекината во согласност со став 6 од овој член.\n4. Оваа Спогодба може да биде изменета со писмена согласност од двете страни. Измените стапуваат во сила откако страните ќе се известат една со друга за завршувањето на нивните внатрешни процедури за оваа цел.\n5. Секоја страна може целосно или делумно да ја суспендира оваа Спогодба поради причини поврзани со јавниот ред, заштитата на националната безбедност или со заштитата на јавното здравје. Другата страна се известува за одлуката за суспензија најдоцна 48 часа пред стапувањето во сила на истата. Страната која ја суспендира примената на оваа Спогодба веднаш ја известува другата страна штом престанат да важат причините за суспензијата.\n6. Секоја страна може да ја прекине оваа Спогодба со доставување писмено известување до другата страна. Оваа Спогодба престанува да биде во сила по 90 дена од денот на известувањето.\nПотпишана во ........................... на ..................................... во примерок на секој од официјалните јазици на страните, секој од нив со подеднакво автентичен текст.\nАНЕКС\nПРОТОКОЛ КОН СПОГОДБАТА ЗА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ КОИ НЕ ГО ПРИМЕНУВААТ ЦЕЛОСНО ШЕНГЕНСКОТО ПРАВО\nЗемјите-членки кои се обврзани со шенгенското право, но кои сè уште не издаваат шенген визи, во исчекување на релевантна одлука на Советот за таа цел, ќе издаваат национални визи чие важење е ограничено на нивната сопствена територија.\nОвие земји-членки можат унилатерално да ги признаат шенген визите и дозволите за престој за транзит низ нивна територија, во согласност со Одлуката на Советот бр. 895/2006/ЕC од 14 јуни 2006.\nБидејќи Одлуката на Советот бр. 895/2006/ЕC од 14 јуни 2006 не важи за Романија и Бугарија, слични одредби ќе бидат предложени од Европската Комисија со цел да им се овозможи на овие земји унилатерално да ги признаат шенген визите и дозволите за престој и други слични документи кои се издаваат од други земји-членки кои сè уште не се целосно интегрирани во шенгенската зона заради транзит низ нивна територија.\nЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПЕРСПЕКТИВАТА ЗА ВЗАЕМЕН БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ НА ПАТУВАЊЕ\nСогласно заклучоците од Самитот ЕУ - Западен Балкан, одржан во Солун на 21 јуни 2003 година, визните олеснувања предвидени со оваа Спогодба ќе претставуваат преодна фаза до воведување на безвизен режим на патување за граѓаните на Република Македонија.\nБезвизен режим на патување за граѓаните на Република Македонија ќе се воведе врз основа на позитивната оценка за напредокот на земјата во спроведувањето на релевантните реформи, согласно постапките и критериумите предвидени во Регулативата 539/2001 на Советот од 15 март 2001 година.\nЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ДАНСКА\nСтраните констатираат дека оваа Спогодба не важи за процедурите за издавање визи од страна на дипломатските мисии и конзуларните претставништва на Кралството Данска.\nВо такви околности, пожелно е властите на Данска и на Република Македонија да склучат, без одолжување, билатерална спогодба за олеснување при издавањето визи за краток престој со слични услови како во Спогодбата меѓу Европската Заедница и Република Македонија.\nЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО И ИРСКА\nСтраните констатираат дека оваа Спогодба не се применува на територијата на Обединетото Кралство и Ирска.\nВо такви околности, пожелно е властите на Обединетото Кралство, на Ирска и на Република Македонија да склучат билатерални спогодби за олеснување при издавањето визи.\nЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ИСЛАНД И НОРВЕШКА\nСтраните го констатираат блискиот однос меѓу Европската Заедница и Норвешка и Исланд, особено врз основа на Спогодбата од 18 мај 1999 за придружување на овие две земји кон спроведувањето, примената и развојот на шенгенското право.\nВо такви околности, пожелно е властите на Норвешка, на Исланд и на Република Македонија да склучат, без одлагање, билатерални спогодби за олеснување при издавањето визи за краток престој со слични услови како Спогодбата меѓу Европската Заедница и Република Македонија.\nЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА И ЛИХТЕНШТАЈН (доколку е потребно)\nДоколку Спогодбата меѓу, ЕУ, ЕЗ и Швајцарската Конфедерација за придружување на Швајцарската Конфедерација кон спроведувањето, примената и развојот на шенгенското право и Протоколите кон оваа Спогодба за Лихтенштајн, стапат во сила пред да бидат завршени преговорите со Република Македонија, слична декларација ќе биде приложена и во однос на Швајцарија и Лихтенштајн.\nЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ТАКСАТА ЗА ОБРАБОТКА НА БАРАЊАТА ЗА ВИЗИ\nЕвропската Заедница ја зема предвид загриженоста на Република Македонија за фактот дека на нејзините граѓани им се издаваат шенген визи со територијална важност ограничена на една или неколку земји-членки. Европската Заедница исто така го има предвид барањето на Република Македонија, дека на граѓаните кои поседуваат шенген визи со територијална важност ограничена на една или неколку земји-членки и кои имаат потреба да патуваат, во рамки на периодот на важност на таа виза, во земја-членка која не е опфатена со територијалната важност на таа виза, не треба да им се наплатува таксата за обработка на барањето за втората виза.\nСтраните сметаат дека ова прашање треба да се разгледа повторно, како приоритетно, од Комитетот посочен во член 12, веднаш штом Европскиот парламент и Советот ќе го усвојат Кодексот за визи на Заедницата, во чијшто нацрт се третира ова прашање.\nДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ВИЗА ЗА НОСИТЕЛИТЕ НА СЛУЖБЕНИ ПАСОШИ\nБидејќи ослободувањето на носителите на службени пасоши од обврската за поседување виза, предвидено во билатералните спогодби или договори меѓу одделни земји-членки и Република Македонија кои се потпишани пред 1 јануари 2007, продолжува да важи за период од 5 години од денот на стапување во сила на оваа Спогодба, без исклучување на правото на засегнатите земји-членки или Република Македонија да ги откажат или суспендираат овие билатерални спогодби во текот на тие 5 години, Европската Заедница повторно ќе ја разгледа ситуацијата со носителите на службени пасоши најдоцна 2 години по стапувањето во сила на оваа Спогодба, во поглед на можни измени на Спогодбата во согласност со процедурата предвидена во член 14 (4).\nДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ПРИСТАП НА БАРАТЕЛИТЕ НА ВИЗА И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ПОСТАПКИТЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВИЗИ ЗА КРАТОК ПРЕСТОЈ И ДОКУМЕНТИТЕ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОДНЕСАТ ПРИ АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ВИЗА ЗА КРАТОК ПРЕСТОЈ\nПризнавајќи го значењето на транспарентноста за барателите на виза, Европската Заедница потсетува дека законскиот предлог за ревидирање на Заедничките конзуларни насоки за дипломатските мисии и конзуларните претставништва, усвоен на 19 јули 2006 година од Европската Комисија и моментално на дискусија меѓу Европскиот Парламент и Советот, ги опфати прашањата за условите за пристап на барателите на виза до дипломатските мисии и конзуларните претставништва на земјите-членки.\nВо однос на информациите кои треба да бидат дадени на барателите на виза, Европската Заедница смета дека треба да се преземат соодветни мерки:\n- Генерално, да се подготват основни информации за барателите на визи за постапките и условите за аплицирање за виза и нивната валидност,\n- Европската Заедница ќе подготви листа на минимални барања со цел да обезбеди дека на апликантите од Република Македонија им се даваат кохерентни и униформни основни информации и од нив се бара да поднесат, во принцип, исти документи.\nГореспоменатите информации, вклучително и листата на акредитирани туристички агенции и тур-оператори во рамки на локалната конзуларна соработка, ќе бидат широко дистрибуирани (на огласните табли на конзулатите, на веб сајтовите, преку летоци и слично).\nДипломатските мисии и конзуларните претставништва на земјите-членки ќе се организираат на начин што закажувањето на термините за поднесување на барањето за виза и релевантните дополнителни документи ќе биде остварено во разумен временски период.\nДипломатските мисии и конзуларните претставништва на земјите-членки ќе обезбедат информации за постоечките можности, во рамки на шенгенското право, за олеснување на издавањето визи за краток престој и поедноставување на потребната документација, од случај до случај, посебно за bona fide апликантите.\nПОЛИТИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА НА БУГАРИЈА ВО ОДНОС НА ЛОКАЛЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ ВО ПОГРАНИЧНАТА ЗОНА\nРепублика Бугарија ја изјавува својата волја да пристапи кон преговори за склучување на билатерална спогодба со Република Македонија за спроведување на локалниот режим на движење во пограничната зона воспоставен со Регулативата на ЕЗ бр. 1931/2006 од 20 декември 2006 година, со која се воспоставуваат правилата за локален режим на движење во пограничната зона на надворешните копнени граници на земјите-членки и со која се дополнува Шенгенската конвенција.\nДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ОЛЕСНУВАЊА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО\nЕвропската Заедница го зема предвид предлогот од страна на Република Македонија да се даде поширока дефиниција во поглед на членовите на семејството кои треба да имаат придобивка од визните олеснувања, како и значењето кое Република Македонија го придава на поедноставувањето на движењето на оваа категорија на лица.\nСо цел да се олесни мобилноста на поголем број на лица кои имаат семејни врски (посебно сестри и браќа и нивните деца) со граѓани од Република Македонија кои легално престојуваат на теритиријата за земјите-членки, Европската Заедница ги повикува конзуларните канцеларии на земјите-членки целосно да ги искористуваат постоечките можности во правото на Заедницата за олеснување на издавањето на визи на оваа категорија на лица, особено вклучувајки и поедноставување на потребната документација за апликантите, изземање од трошоците за обработка и онаму каде е можно издавање на повеќекратни визи.", "subject": ["Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%97%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B8", "word_count": 4931, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2360", "title": "Доста, доста лично ле Стојне", "text": ":Доста, доста лично ле Стојне\n:слугинче слугуваш,\n:слугинче слугуваш ле Стојне\n:секој го горуваш.\n:Ајде, ајде лично ле Стојне\n:бегај ти за мене\n:бегај ти за мене ле Стојне\n:јас страдам за тебе.\n:Не можам, не можам бре лудо\n:ништо јас си немам\n:сираче сум јас пораснало\n:без мајка и без татко.\n:Ништо не ти сакам ле Стојне\n:засакај ме од срце\n:љубовта е скапа ле Стојне\n:најсакана до гроба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%2C_%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE_%D0%BB%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2358", "title": "Донка грло ја болеше", "text": ":Донка грло ја болеше,\n:никој Донка не веруе,\n:ни свекрва, ни јатрва,\n:кој верује не е тука.\n:Донка прати едно писмо,\n:„брзо да си дојдеш Милан“.\n:Милан јавна брза коња,\n:си киниса каде дома.\n:Не се врна во меана,\n:си нарача чаша вино:\n:- Турај вино немерно,\n:давам пари неброени.\n:На пат сретна копачите,\n:па им вели, ем говори:\n:- Ој копачи, мили браќа,\n:копајте гроб за двамина.\n:На пат сретна носачите,\n:па им вели, ем говори:\n:- Ој носачи, мили браќа,\n:оставете бела Донка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%BB%D0%BE_%D1%98%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2356", "title": "Добро ми дошле сватовите", "text": ":Добро ми дошле сватовите [х2]\n:кое добро ми носите?\n:Ваша ќерка, ваша внука\n:а на мене мила снаа.\n:Ајде, ајде да се напиеме\n:рујно вино лута ракија [х2]\n:да сме среќни и весели\n:до година на крштевка.\n:Добро ми дошла невесто еј,\n:дали жалиш за мајка ти,\n:Добро ми дошла невесто еј,\n:дали жалиш за татко ти,\n:дали жалиш мило братче\n:или мила сестра?\n:Ајде, ајде да се напиеме\n:рујно вино лута ракија [х2]\n:да сме среќни и весели\n:до година на крштевка.\n:Ајде сите оро да заиграме\n:лесно оро да се вие,\n:силна песна да се пее\n:в' срце радост да се слее.\n:Ајде, ајде да се напиеме\n:рујно вино лута ракија [х2]\n:да сме среќни и весели\n:до година на крштевка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D1%88%D0%BB%D0%B5_%D1%81%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 128, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2357", "title": "Дојди мајко испрати ме", "text": ":Дојди мајко испрати ме\n:јас ќе си одам.\n:Јас ќе одам мила мајко\n:многу далеку,\n:оф мајко ле туѓа туѓина.\n:Јас ќе одам мила мајко\n:туѓа туѓина.\n:Да ги видам мила мајко\n:нашите браќа.\n:Да запејме мила мајко\n:песна убава.\n:Оф мајко ле песна убава,\n:песна пејме солзи лејме\n:за родниот крај.\n:Кога стигнав мила мајко\n:в' туѓа туѓина\n:таму сретнав мила мајко\n:браќа и сестри.\n:Оф мајко ле, браќа и сестри\n:песна пејме, солзи лејме\n:за родниот крај.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%B5", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2359", "title": "Доста време ерген одев", "text": ":Доста време ерген одев,\n:доста лични моми водев.\n:Дојде време да се женам,\n:овој живот да го сменам.\n:Ај, нек' се пее, нек' се пие,\n:тешко оро нек' се вие.\n:Нек' се пеје нек' се пие,\n:машко оро нек' се вие.\n:Стара мајко сватој кани,\n:викни зурли и тапани.\n:Нека бидат сè одбрани,\n:стара мајко оро фани.\n:Ај, нек' се пее, нек' се пие,\n:тешко оро нек' се вие.\n:Нек' се пеје нек' се пие,\n:машко оро нек' се вие.\n:Спремај мајко бочви вино,\n:и ракија бардаклија.\n:Сè ти мајко за три сина,\n:ти ми мајко тешко мина.\n:Ај, нек' се пее, нек' се пие,\n:тешко оро нек' се вие.\n:Нек' се пеје нек' се пие,\n:машко оро нек' се вие.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5_%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD_%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%B2", "word_count": 126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2147", "title": "Закон за акцизи", "text": "1 ОСНОВНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 1\nСо овој закон се воведува плаќање на акцизи.\nАкцизите претставуваат посебен вид на данок на промет на производите определени со овој закон.\nЧлен 2\nАкцизите се плаќаат на следниве производи:\n*деривати на нафта;\n*преработки од тутун;\n*алкохолни пијалаци (ракии, вињак и други жестоки пијалоци);\n*пиво;\n*кафе;\n*патнички автомобили и\n*луксузни производи.\nЧлен 3\nАкцизи се плаќаат на производите од член 2 на овој закон, односно увозот.\nНа производите од член 2 на овој закон, акциза се плаќа и при:\n*наследување, давање на производи без надомест (подарок, отстапување) или во замена за друг производ, услуга или друга вредност;\n*кусок на производи, освен кусокот што настанал под дејство на виша сила;\n*расход (кало, растур, расипување и крш) кој настанал над количеството утврдено со узансите, ако органот за јавни приходи поинаку не определил;\n*земање на сопствен произведен или набавен производ и\n*користење на производ што физичкото лице ќе го изработи за сопствена употреба.\nЧлен 4\nОбврзник на акцизата во прометот на деривати на нафта е производителот, односно увозникот. Обврзник на акцизата во прометот на деривати на нафта произведени во Република Македонија е сопственикот на увезената сурова нафта.\nЧлен 5\nОбврзник на акцизата во прометот на преработки од тутун е производителот, односно неговата асоцијација, за делот на тутунските преработки што таа ги става во промет, односно увозникот на преработки од тутун.\nЧлен 6\nОбврзник на акцизата во прометот на алкохолни пијалоци (ракии, вињак и други жестоки пијалоци), пиво, кафе и луксузни производи е секој учесник во прометот: производителот, увозникот, трговијата на големо, трговијата на мало, угостителското претпријатие, самостојниот угостител, самостојниот трговски дуќан и самостојниот производител.\nЧлен 7\nОбврзник на акцизата во прометот на патнички автомобили е правното лице, претприемачот и физичкотолице, односно купувачот на патничкиот автомобил што подлежи на обврската за годишна регистрација.\nЧлен 8\nОбврзникот на акцизата што врши промет на деривати на нафта и тутунски преработки е должен на денот на влегувањето во сила на прописот со кој се зголемува, намалува или укинува акцизата да изврши попис на затекнатите количества на залиха. Обврзникот на акцизата е должен по еден примерок од записникот за пописот на затекнатите залихи и за акцизата содржана во тие залихи\nведнаш, а најдоцна во рок од три дена, да достави до надлежната пазарна инспекција и до органот за јавни приходи за подрачјето на општината.\nОбврзникот на акцизата утврдената позитивна разлика е должен да ја уплати во рок од седум дена од денот на зголемувањето на акцизата и по изминувањето на три дена од денот на уплатувањето доказот за извршената доплата да го достави до органот за јавни приходи за подрачјето на општината.\nЧлен 9\nПравно лице, претприемач или физичко лице кое произведува производи на кои се плаќа акциза е должно во рок од десет дена пред отпочнувањето на производството и прометот да поднесе писмено барање до органот за јавни приходи во општината на чие подрачје се врши дејноста за упис во регистарот на обврзници на акцизи.\nПроизводителот - обврзник на акцизата не може да врши производство и промет без пријава за упис во регистарот на обврзниците на акцизи што се води во органот за јавни приходи.\nЧлен 10\nОсновицата за плаќање на акцизата во прометот на дериватите на нафта е продажната цена во која е засметана акцизата.\nЧлен 11\nОсновицата за плаќање на акцизата во прометот на преработки од тутун-цигари е продажната цена која е пријавена во Министерството за финансии и во која е засметана акцизата.\nЧлен 12\nОсновицата за плаќање на акцизата во прометот на алкохолни пијалоци (ракии, вињак и други жестоки пијалаци), пиво, кафе, луксузни производи и патнички автомобили е продажната цена која во себе не содржи акциза.\nПродажната цена од став 1 на овој член која служи како даночна основица се намалува за износот на пресметаната акциза на претходните учесници во прометот или при увозот (производителот, увозникот, трговијата на големо, трговијата на мало, угостителското претпријатие, самостојниот угостител и самостојниот трговски дуќан).\nЧлен13\nОсновицата за плаќање на акцизата при увозот е вредноста на увезениот производ утврдена според царинските прописи вклучувајќи ги царината и другите увозни давачки, а која во себе не ја содржи акцизата.\nОсновица за плаќање на акцизата при увозот на деривати на нафта е продажната цена утврдена со Одлука на Владата на Република Македонија во која е засметана акцизата.\nОсновица за плаќањена акцизата при увозот на преработки од тутун е продажната цена која увозникот е должен да ја пријави во Министерството за финансии во која е засметана акциза.\nЧлен 14\nОсновица за плаќање на акциза за производите од член 3 став 2 на овој закон е:\n*цена што би се постигнала со продажбата на тој производ,но не пониска од цената на чинењето (член 3 став 2 точки 1, 4 и 5) и\n*вредноста на утврдениот кусок,односно расход,но не пониска од цената на чинењето (член 3 став 2 точки 2 и 3).\nЧлен 15\nТарифата на акцизите е составен дел на овој закон.\nВо Тарифата на акцизите стапките можат да бидат искажани и во апсолутни износи по единици мерки на производи.\nЧлен 16\nНа износот на акцизата што не е уплатен во рок пропишан со закон се плаќа камата по стапка од 2% за секој ден задоцнување.\n2 КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 17\nСо парична казна од 100 до 250 плати ќе се казни за стопански престап правното лице ако:\n*во својство на купувач, при набавката на производи му даде на продавачот неточни или невистинити податоци врз основа на кои ги набавува производите за намените заради кои според закон не се плаќа акцизи;\n*пушта во промет преработки од тутун од странско производство без ознака, односно цигари што се илегално внесени во земјата;\n*при промената на акцизите не изврши попис на производите на залихи или ако во новите цени не го вкалкулира зголемениот односно намалениот износ на акцизата;\n*обврзникот на акцизата во фактурата посебно не ја искаже акцизата која му се засметува на купувачот и\n*употреби масло за горење екстра лесно(ЕЛ) или масло за горење лесно специјално(ЛС)за целите за кои според овој закон не можат да се користат.\nЗа дејства од став 1 на овој член ќе се казни за стопански престап и одговорното лице во претпријатието или во друго правно лице со парична казна од пет до десет плати.\nЗа стопански престап во смисла на точка 5 став 1 од овој член,му се изрекува и заштитна мерка одземање на моторното возило (камион, патнички автомобил и друго), трактор, пловниот објект или другиот мотор со кој е сторено таквото дело.\nЧлен 18\nТој кој во својство на одговорно лице кај правно лице, а заради стекнување противправна имотна корист или заради шпекулација на пазарот , увезува или пушта во промет странски цигари без пропишаната ознака ќе се казни за кривично дело со затвор од пет години.\nЧлен 19\nСо парична казна од 50 до 250 плати ќе се казни за стопански престап правното лице ако:\n*не пресмета или неточно ја пресмета акцизата или ако пресметаната акциза не ја уплати на пропишаната сметка и\n*акцизата не ја пресмета на начинот предвиден со овој закон, односно ако ја пресмета неточно или ако пресметаната акциза не ја уплативо пропишаниот рок.\nЗа дејствијата од став 1 на овој член ќе се казни за стопански престап и одговорното лице во претпријатието или во другото правно лице со праична казна од пет до десет плати.\nЧлен 20\nСо парична казна од 50 до 250 плати ќе се казни за стопански престап правното лице како даночен обврзник ако:\n*го спречува овластеното лице при вршењето на контролата;\n*при зголемувањето на акцизата не изврши доплата на акцизите или не достави записник за извршениот попис на залихи или не достави доказ за извршената доплата на акцизите;\n*не поднесе барање за упис во регистерот на обврзниците на акцизи во рокот одреден со овој закон и\n*произведува и става во промет производи на кои се плаќа акциза без упис во регистарот на обврзниците на акцизи.\nЗа дејства од став 1 на овој член ќе се казни за стопански престап и одговорното лице во претпријатието или во друго правно лице со парична казна од пет до десет плати.\nЧлен 21\nСо парична казна од три до петнаесет плати ќе се казни за прекршок физичкото лице - претприемач ако:\n*при промена на акцизата не изврши попис на производите на залиха или ако во новите цени не го вкалкулира зголемениот,односно намалениот износ на акцизите;\n*обврзникот на акцизата во фактурата посебно не ја искаже акцизата која му ја засметува на купувачот и\n*го спречува овластеното лице привршењето на контролата на пресметување или плаќањето на акцизата.\nЧлен 22\nСо парична казна од три до петнаесет плати ќе се казни за прекршок физичко лице-претприемач ако:\n*не ја пресмета акцизата или неточно ја пресмета акцизата или ако акцизата не ја уплати на соодветна уплатна сметка;\n*употреби масло за горење екстра лесно (ЕЛ) или масло за горење лесно специјално (ЛС)за цели за кои според овој закон не можат да се употребуваат, односно да се користат;\n*при зголемување на акцизата не изврши доплата на акцизата или недостави записник за извршениот попис на залихите или не достави доказ за извршената доплата на акцизата;\n*не поднесе барање за упис во регистарот на обврзниците на акцизи во рокот одреден со овој закон и\n*произведува и става во промет производи на кои се плаќа акциза без упис во регистарот на обврзниците на акцизи.\nЗа прекршокот во смисла на точка 2 став 1 од овој за член, покрај паричната казна, му се изрекува и заштитна мерка одземање на моторното возило (камион, патнички автомобил и друго ), тракторот, пловниот објект или другиот мотор со кој е сторено таквото дело.\nЧлен 23\nЗа кривично дело со затвор до пет години ќе се казни физичко лице ако пушта во промет странски цигари без пропишаната ознака, односно гигари илегално внесени во земјата заради стекнување противправна имотна корист или шпекулација на пазарот.\n3 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 24\nВо поглед на ослободувањата и олеснувањата,настанувањето на обврската за пресметување и плаќање, искажувањето, евидентирањето, доставувањето на податоци и документација, застареноста, контролата на пресметувањето и плаќањето, правните средства, обновата на постапката, повратот и другите прашања што не се уредени со овој закон, соодветно се применуваат одредбите на Законот за данокот на промет на производи и услуги.\nЧлен 25\nОвој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 1994 година,освен одредбите од член 9 став 2 кои ќе се применуваат од 1 април 1994 година.\n4 ТАРИФА НА АКЦИЗИ\n4.1 Тарифен број 1\nНа прометот на нафтени деривати се плаќа акциза, и тоа:\n1) Моторен бензин\n- МБ 86 ................................................................. 64,892%\n- МБ 98 ................................................................. 65,14%\n- МБ 95 ................................................................. 62,583%\n2) Дизел гориво\n- Д - 1 ................................................................. 60,185%\n- Д - 2 ................................................................. 60,01%\n3) Масло за горење екстра лесно (ЕЛ) и масло за горење лесно специјално (ЛС)\n- ЕЛ ................................................................. 36,016%\n- ЛС ................................................................. 36,016%\n4) Млазно гориво и авионски бензин ........................................ 17%\n5) Петролеј за мотори, петролеј за осветлување, авионски и моторни масла и\nмасти, хипоидни и други минерални масла и масти, како и масла за подмачкување и\nпримарен (суров) бензин .............................................................. 10%\n6) Течен нафтен гас ....................................................................... 5%\nАко течниот нафтен гас се користи со помош на специјални уреди за погон на\nмоторни возила и моторни пловни објекти ............................ 40%\n7) Масло за горење, мазут и тоа:\nлесно (Л),\nсредно (С),\nтешко (Т),\nекстра тешко (ЕТ),\nнискосулфурно лесно (НСЛ),\nнискосулфурно средно (НСС) и\nнискосулфурно тешко (НСТ) ......................... 10%\nАко правните лица набавуваат масло за горење - мазут под условите и на начинот од член 6 на Законот за данокот на промет на производи и услуги исклучително за потрошувачка во:\n*производство на сурово железо во високи печки;\n*производствона челик во Сименс - Мартинови печки, како и на челик во длабински и загревни печки;\n*производство на алуминиум во сите фази (процесот на расчленување на бокситот со помош на натриум-хидроксид);\n*процесот на впарување на база, заради добивање глиница, процесот на производството на глиница во фазата на калцинација, односно печење на алуминиум хидрати;\n*процесот на одржување на електролити и алуминиум во течна состојба на определна температура во собирните печки; процесот на поизводството на легури од алуминиум во собирни печки;\n*производство на фероникел; производство на цемент;\n*производство на бакренец во пламени печки;\n*топење на влошки за ратификација на топилница на олово, цинк и антимон;\n*производство на огноотпорен материјал во ротациони печки;\n*процесот на синтетизирање на керамички производи; топење на суровини (на кварцен песок, доломит, натрин фелдспат, калцинирана сода во стакларски печки, производство на амбалажно и шупликаво стакло;\n*прехранбената индустрија (производството на шеќер и масло за јадење); индустријата на градежен материјал;\n*термоелектраните на јаглен во кои се користи мазут за потпалување на термоелектраните и топланите на мазут со моќност поголема од 30 МВ\nсе плаќа акциза по стапка од ............................................ 5%\nЗабелешки:\n*Пред пуштањето во промет на масло за горење екстра лесно (ЕЛ) и масло за горење лесно специјално (ЛС) производителот мора во рафинеријата да ги бојоса со црвена боја. Ако тие масла се увезуваат увозникот е должен овие деривати да ги бојоса со јасно црвена боја пред испораката на нарачувачот за чија сметка се увезени дериватите.\n*Маслото за горење екстра лесно (ЕЛ) и маслото за горење лесно специјално (ЛС) од точката 3 на овој тарифен број не смее под никаков услов да се користи за погон на моторни возила од сите видови пловни објекти или други мотори.\nКонтролата на употебата и користењето на маслото за горење од точка 3 и на течниот нафтен гас од точка 6 на овој тарифен број во моторните возила, пловните објекти и во другите мотори вршат овластените работници на сообраќајната полиција и на пазарната, односно на даночната инспекција.\n4.2 Тарифен број 2\nНа прометот на преработки тутун акциза се плаќа, и тоа:\n1) На сите видови увозни и лиценцни цигари....................................70%\n2) На сите видови екстра домашни цигари.........................................60%\n3) На сите видови цигари од квалитетните групи од 1до 4.............47%\n4) На режан тутун од сите видови и квалитети, цигари, цигарилоси, тутун за лулиња и тутун за џвакање и бурмут......................................26%\nЗабелешка:\n1. На преработки од тутун - цигари произведени или увезени,а наменети за\nпродажба во Република Македонија производителот , односно увозникот е должен на\nкутијата при непосредното печатење или друга хартија со која е обложена кутијата\nда отпечати ознака”М”. За преработки од тутун-цигари кои се ставени во промет\nбез оваа ознака, се смета дека не е пресметана и платена акцизата.\nОдредбата на став 1 од оваа точка не се однесува на цигарите произведени по\nстранска лиценца во домашно претпријатие.\n4.3 Тарифен број 3\nНа прометот на алкохолни пијалоци (ракии, вињак и други жестоки пијалаци) и пиво\nсе плаќа акциза, и тоа:\n1) Ракии и вињак..............................................................................70%\n2) На други жестоки пијалаци......................................................130%\n3) На пиво..........................................................................................60%\nЗабелешки:\n1. Под алкохолни пијалоци , во смисла на овој тарифен број ,се подразбираат\nпијалоците што содржат повеќе од 2% алкохол.\n2. Под пиво се подразбира алкохолен пијалак што се пушта во прометот како\nпиво,без оглед на содржината на алкохолот.\n4.4 Тарифен број 4\nНа прометот на патнички автомобили акцизи се плаќа според работната зафатнина на\nмоторот, и тоа:\n1) На работна зафатнина на моторот до 2,0 литри .........25%\n2) На работна зафатнина на моторот над 2,0 литри..........55%\nЗабелешки:\n1. Под патнички автомобили од овој тарифен број се подразбираат автомобилите за\nпревоз на патници со најмногу девет седишта,вклучувајќи го и седиштето на\nвозачот,што се изработени според стандард ЈУС М.НО,010-1.2.2.3.1.1.\n2. Во производите од овој тарифен број не спаѓаат теренските возила, специјални\nсанитетски возила со вградени уреди за болни, специјални возила за потребите на\nполицијата и Армијата и патролната служба со вградени уреди и комби-возила. Како\nспецијални возила од овој став не се сметаат патничките автомобили, адаптирани\nза обука за обука на возачи (дупли) команди, исфрлени седишта и друго, патничките автомобили за давање помош на патиштата, патнички ПТТ возила и слично. Како теренско моторно возило се смета моторното возило со најмногу две погонски оски, односно со два дигеренцијали.\n4.5 Тарифен број 5\nАкциза по стапка од 70% се плаќа на прометот на луксузни производи,и тоа на:\n1) Украсни и други производи од сите видови или форми изработени со повеќе од 2%\nзлато или други благородни метали (платина и друго),односно производи изработени\nсо повеќе од 50%сребро;\n2) Природни скапоцени камења и природен бисер и производи од сите видови форми\nизработени со бесценети камења и бисер;\n3) Парфимериски и козметички производи;\n4) Со рака изработени јазлени теписи со повеќе од 120.000 јазли по м2 и\n5) Кожа од влекачи (змија, гуштер, крокодил и друго) и на сите производи\nизработени од тие кожи, како и од природни крзна и производи од тоа крзно\n(облека, обувки и други производи), застапени со повеќе од 50% од вредноста на\nпроизводот, освен кожа и крзно од домашни животни ипроизводи од тие кожи и\nкрзна.\nЗабелешки:\n1. Под украсни и други производи од злато и други благородни метали од точка 1\nна овој тарифен број се подразбираат: сите производи изработени во целост или\nделумно од злато и другиблагородни метали, односно во комбинација на тие и други\nразлични материјали (метал, дрво, пластичен материјал, морска пена, килибар,\nстакло и друго), што служат како личен украс (прстени, брошеви, белезици,\nобетки, гердани, копчиња за манжетни, игли и држачи за вратоврска, шноли и\nслично), под услов таквите производи да содржат повеќе од 2% злато или други\nблагородни метали.\n2. Под природните скапоцени камења од точка 2 на овој тарифен број се подразбира\nдијаманти, корунд,со своите вариети (рубин, смарагд, аметист, аквамарин,\nхризонит, ориенталски топаз, спинел), берил, аквамарин, златен берид (морганит)\nи хризо берил.\n3.Под природен бисер се подразбира приридниот бисер што е производ од бисерни\nостриги или школки добиен по природен пат.\n4. Под парфимериски и козметички производи од точка 3 на овој тарифен број се\nподразбираат парфеми и колонски води, креми, млека и лосиони за нега на кожата;\nкармини за усни ; шминка, пудри и други препарати за маски, лакови за нокти,\nпасти за нокти и препарати за полирање на нокти, растворувач на лак за нокти,\nмасла, води и помади за коса; препарати за ондулација, бојосување и одбојосување\nна косата, фиксатори и други препарати за коса, помади и моливи за клепки.\n5. Под природно крзно од точка 5 на овој тарифен број се подразбираат крзна од:\nангорски зајак, дабар, видра, дива мачка, кртица, верверичка, леопард, јагуар,\nпантер, хиена, шакал, ирвас, куна, нутрија, мали амерички мечки, кенгури,\nопосум, бизам, мрзливец, мајмун, сребрена сина, платинска, црна, сива и бела\nлисица, астраган, персијанец, чинчила, хермелин, скунц, рис, како и самурови,\nвомбат и балабај крзна и крзна од дивеч (див зајак, волк, јазовец и друго). Под\nприродна кожа и крзно од оваа точка од домашни животни се подразбираат кожи и\nкожи со крзно или влакна од домашни животни (питоми зајаци, кози, овци и други\nдомашни животни).\n4.6 Тарифен број 6\nАкциза по стапка од 50% се плаќа на прометот на кафе-сурово,пржено,мелено и екстракт од кафе.\nЗабелешка.\nПод кафе од овој тарифен број се подразбираат сите оние видови кафе што во себе содржат други додатоци или мешаница на кафе под услов содржината на кафето по вредност да изнесува најмалку 50%.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B7%D0%B8", "word_count": 3151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2351", "title": "Дедо мили златни", "text": ":Дедо оди на пазар,\n:коња јава без самар.\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n:Баба јава на муле,\n:дедо пуши со луле.\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n:Дедо оди на бостано,\n:баба праша са фустано.\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n:Баба иде од нивата,\n:дедо гледа во тавата\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n:Дедо иде на ручок,\n:баба пече цел кравчо.\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n:Баба преде на вретено,\n:дедо јаде печено.\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n:Дедо оди за пиперки,\n:баба гали двете ќерки.\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n:Баба јаде пиперка,\n:дедо свири на шупелка.\n:Дедо мили, златни,\n:бабина прва љубов,\n:дедо мили, златни,\n:бабиново момче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8_%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B8", "word_count": 155, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2148", "title": "Амандмани на Уставот на Република Македонија", "text": "1 06.01.1992 I, II амандман\nВрз основа на член 131 став 4 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 6 јануари 1992 година, донесе\nОДЛУКА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНИТЕ I и II НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nСе прогласуваат амандманите I и II на Уставот на Република Македонија,\nшто ги усвои Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 6 јануари 1992 година.\nСОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nБрој 08-44/1\n6 јануари 1992 година\nС к о п ј е\nПРЕТСЕДАТЕЛ\nНА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,\nСтојан Андов\nАМАНДМАНИ I И II\nНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nОвие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на нивното проласување.\nАМАНДМАН I\n1. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.\n2. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.\n3. Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3, а со точката 2 се заменува ставот 3 на членот 3 на Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН II\n1. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.\n2. Со овој амандман се дополнува ставот 1 на членот 49 на Уставот на Република Македонија.\n2 01.07.1998, III амандман\nВрз основа на член 131 став 4 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 1 јули 1998 година, донесе\nО Д Л У К А ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНОТ III НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nСе прогласува амандманот III на Уставот на Република Македонија,\nшто ги усвои Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 1 јули 1998 година.\nСОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nБрој 07-2717/1\n1 јули 1998 година\nС к о п ј е\nПРЕТСЕДАТЕЛ\nНА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,\nТито Петковски\nАМАНДМАН III\nна Уставот на Република Македонија\nОвој амандман е составен дел на Уставот на Република Македонија и влегува во сила со денот на неговото прогласување.\nАМАНДМАН III\n1. Притворот до подигнување на обвинението, по одлука на суд, може да трае најдолго 180 дена од денот на притворувањето.\nПо подигнување на обвинението, притворот го продолжува или го определува надлежниот суд во случај и во постапка утврдени со закон.\n2. Со овој амандман се заменува ставот 5 на членот 12 на Уставот на Република Македонија.\n3 16.11.2001, IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII амандман\nВрз основа на член 131 став 4 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 16 ноември 2001 година, донесе\nО Д Л У К А\nЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНИТЕ IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nСе прогласуваат амандманте IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII на Уставот на Република Македонија\nшто ги усвои Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 16 ноември 2001 година.\nСОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nБрој 07-3795/1\n16 ноември 2001 година\nС к о п ј е ПРЕТСЕДАТЕЛ\nНА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,\nСтојан Андов\nАМАНДМАНИ\nIV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII\nна Уставот на Република Македонија\nОвие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на нивното прогласување.\nА М А Н Д М А Н IV\n1. Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој\n2. Со точката 1 на овој амандман се заменува Преамбулата на Уставот од Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н V\n1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.\nДруг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.\nЛичните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.\nКој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.\nВо органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.\nВо единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.\n2. Со овој амандман се заменува членот 7 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н VI\n1. Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.\n2. Со точката 1 на овој амандман се дополнува алинејата 2 на членот 8 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н VII\n1. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон.\n2. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.\n3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 19, а со точката 2 се заменува ставот 4 на членот 19 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н VIII\n1. Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница.\nРепубликата им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.\nПрипадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.\nПрипадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик.\n2. Со овој амандман се заменува членот 48 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н IX\n1. Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Македонија и на сите заедници во Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.\n2. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 2 на членот 56 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н X\n1. Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.\n2. За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците.\n3. Со овој амандман се заменува членот 69 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XI\n1. Собранието избира народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.\n2. Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби.\n3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 1 на членот 77, а со точката 2 се дополнува ставот 2 на членот 77 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XII\n1. Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.\nКомитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.\nСобранието ги избира членовите на Комитетот.\nКомитетот разгледува прашања од односите меѓу заедниците во Републиката и дава мислења и предлози за нивно решавање.\nСобранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да донесе одлука во врска со нив.\nВо случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање во Собранието, утврдена во членот 69 став 2 Комитетот одлучува, со мнозинство гласови од членовите, за тоа дали ќе се спроведе постапката.\n2. Со точката 1 на овој амандман се заменува членот 78 од Уставот на Република Македонија и се брише алинејата 7 на членот 84 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XIII\n1. При именувањето на тројцата членови, претседателот ќе обезбеди составот на Советот, како целина, соодветно да го одразува составот на населението во Република Македонија.\n2. Со точката 1 на овој амандман се дополнува ставот 2 на членот 86 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XIV\n1. Тројца од членовите се избираат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.\n2. Со овој амандман се дополнува ставот 2 на членот 104 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XV\n1. Собранието ги избира судиите на Уставниот суд. Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.\n2. Со овој амандман се заменува ставот 2 на членот 109 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XVI\n1. Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Законите за локално финансирање, локални избори, општинските граници и за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.\n2. Со овој амандман се заменува ставот 5 на членот 114 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XVII\n1. Во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.\n2. Во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од значење за градот Скопје, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.\n3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 1 на членот 115 од Уставот на Република Македонија, а со точката 2 се заменува ставот 2 на членот 117 од Уставот на Република Македонија.\nА М А Н Д М А Н XVIII\n1. Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.\n2. Со овој амандман се додава нов став 4 на член 131 од Уставот на Република Македонија\nА М А Н Д М А Н XIX\n1. Се гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација.\nСамо врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и другите облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката.\nЗаконот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.\n2. Со овој амандман се заменува членот 17 на Уставот на Република Македонија.\n4 07.12.2005, XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX И XXX амандман\nВрз основа на член 131 став 5 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 7 декември 2005 година, донесе\nО Д Л У К А\nЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНИТЕ XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX И XXX НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nСе прогласуваат амандманите XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX И XXX на Уставот на Република Македонија, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 7 декември 2005 година.\nСОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nБрој 07- 4542/1\n7 декември 2005 година\nС к о п ј е\nПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nд-р Љупчо Јордановски, с.р.\nДека преписот е верен на оригиналот, тврди:\nЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nФелек Касами\nАМАНДМАНИ\nXX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX И XXX НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nОвие амандмани се составен дел на Уставот на Република Македонија и влегуваат во сила со денот на нивното прогласување.\nАМАНДМАН XX\n1. За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања.\nПротив конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон.\n2. Со овој амандман се дополнува членот 13 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXI\n1. Се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.\nПравото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон.\n2. Со овој амандман се заменува членот 15 на Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXII\n1. Предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија.\n2. Со овој амандман се заменува алинејата 5 на членот 84 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXIII\n1. Претседателот ужива имунитет. За неговиот имунитет одлучува Собранието.\n2. Со овој амандман се заменува ставот 3 на членот 89 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXIV\n1. Предлага Јавен обвинител на Република Македонија по претходно мислење од Советот на јавни обвинители.\n2. Со овој амандман се заменува алинејата 12 на членот 91 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXV\n1. Судската власт ја вршат судовите.\nСудовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.\nЗабранети се вонредни судови.\nВидовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\n2. Со точката 1 на овој амандман се заменува членот 98 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXVI\n1. На судијата му престанува судиската функција:\n*ако тоа сам го побара;\n*ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција, што го утврдува Судскиот совет на Република Македонија;\n*ако ги исполни условите за старосна пензија;\n*ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеца и\n*ако е избран или именуван на друга јавна функција, освен кога судиската функција мирува под услови утврдени со закон.\nСудијата се разрешува:\n*поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и\nпоради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврденисо закон.\n2. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 99 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXVII\n1. Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.\nСудија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на Република Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.\n2. Судиската функција е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на друга јавна функција или професија утврдена со закон.\n3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 2 на членот 100 од Уставот на Република Македонија, а со точката 2 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 100 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXVIII\n1. Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.\nСоветот го сочинуваат петнаесет члена.\nПо функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда.\nОсум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.\nТројца членови на Советот избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.\nДвајца членови на Советот предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.\nЧленовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници.\nМандатот на избраните членови на Советот трае шест години, со право на уште еден избор.\nУсловите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.\nФункцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.\n2. Со овој амандман се заменува членот 104 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXIX\n1. Судскиот совет на Република Македонија:\n*ги избира и разрешува судиите и судиите поротници;\n*утврдува престанок на судиската функција;\n*ги избира и разрешува претседателите на судовите;\n*ја следи и оценува работата на судиите;\n*одлучува за дисциплинската одговорност на судиите;\n*одлучува за одземање на имунитетот на судиите;\n*предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите и\n*врши други работи утврдени со закон.\nПри изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.\nСоветот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон.\n2. Со овој амандман се заменува членот 105 од Уставот на Република Македонија и се брише алинејата 15 на ставот 1 на членот 68 од Уставот на Република Македонија.\nАМАНДМАН XXX\n1. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.\nФункцијата на јавното обвинителство ја вршат Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители.\nНадлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nЈавниот обвинител на Република Македонија го именува и разрешува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.\nЈавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители без ограничување на траење на мандатот.\nПри изборот на јавните обвинители ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.\nЗа разрешување на јавните обвинители одлучува Советот.\nНадлежноста, составот и структурата на Советот, мандатот на неговите членови, како и основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.\nОсновите и постапката за престанок и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители се уредува со закон.\nФункцијата Јавен обвинител на Република Македонија и јавен обвинител е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.\nСе забранува политичко организирање и дејствување во Јавното обвинителство.\n2. Со овој амандман се заменуваат ставовите 2 и 3 на членот 106 од Уставот на Република Македонија и се брише членот 107 од Уставот на Република Македонија.", "subject": ["Македонско законодавство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 3922, "cyrillic": 0.96}
{"id": "1971", "title": "Закон за верските заедници и религиозните групи", "text": "::::::::::I. ОПШТИ ОДРЕДБИ\n::::::::::Член 1\nСо овој закон се уредува положбата на верските заедници, основањето и\nработата на религиозните групи, верската поука и верските училишта,\nкако облик на остварување на слободата на вероисповеста и на\nизразување на верата.\n::::::::::Член 2\nВерските заедници, односно религиозните групи се слободни во вршењето\nна верските работи и верските обреди.\n::::::::::Член 3\nВерски работи и верски обреди во Република Македонија може да врши\nсамо регистрирана верска заедница, односно религиозна група.\nВерските заедници и религиозните групи својата дејност ја вршат во\nсогласност со Уставот, законите и другите прописи.\n::::::::::Член 4\nЗабрането е граѓанинот на било кој начин да се принудува или попречува\nда стане или да биде член на верска заедница или религиозна група.\nЗабрането е граѓанинот да се принудува да учествува или да не учествува\nво верски обреди или други видови изразувања на верата.\nНа граѓанинот не може да му бидат ускратени правата што ги има според\nУставот и закон, поради верски определби, припаѓање на верска заедница\nили религиозна група, вршење, односно учество во вршење на верски\nобреди и други видови изразување на верата.\nИзразувањето на вероисповеста или припадноста на верска заедница,\nодносно религиозна група не го ослободува граѓанинот од обврските што\nкако граѓанин ги има според Уставот, законите и други прописи.\n::::::::::Член 5\nСтрански државјанин може, по барање на верска заедница, односно\nрелигиозна група, да извршува верски работи и верски обреди, по\nпретходно одобрение на органот надлежен за прашањата на верските\nзаедници и религиозните групи.\n::::::::::Член 6\nВерските собири, верските обреди, верскиот печат, верската поука,\nверските училишта и други видови изразување на верата не можат да се\nкористат за политички цели, за поттикнување на верска, национална и\nдруга нетрпеливост и за други дејства забранети со закон.\n::::::::::Член 7\nВерските заедници и религиозните групи можат да основаат верски\nучилишта во постапка и под услови утврдени со овој закон.\nВерските заедници, односно религиозните групи можат да основаат\nсоцијални и добротворни установи, во постапка и под услови уредени со\nзакон.\n::::::::::II. ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ\n::::::::::Член 8\nВерската заедница според овој закон е доброволно организирана,\nнепрофитна заедница на верници од иста вероисповест.\nЗа една вероисповест може да постои само една верска заедница.\n::::::::::Член 9\nРелигиозна група, според овој закон, е доброволно, непрофитно\nздружување на верници со исто верско убедување кои не припаѓаат на\nрегистрирана верска заедница.\nГраѓаните можат слободно и јавно да основаат религиозни групи, во\nсогласност со овој закон.\n::::::::::Член 10\nРелигиозна група со седиште во Република Македонија можат да основаат\nнајмалку 50 полнолетни лица, државјани на Република Македонија, со\nпостојано живеалиште во Република Македонија.\nОсновачите на религиозната група одлука за основање и правила, односно\nдруг акт со кој се уредува организацијата и работењето, донесуваат на\nсобир на основачите.\n::::::::::Член 11\nОсновачите на религиозната група, определуваат лице (одговорно лице)\nкое до органот надлежен за прашањата на верските заедници и\nрелигиозните групи ќе поднесе пријава во рок од 30 дена од денот на\nдонесувањето на одлуката за основање.\nПријавата од став 1 на овој член содржи: назив, податоци за основачите,\nседиште, предмет на дејствување, означување на просториите во кои се\nвршат верските работи и верските обреди и податоци за лицата одговорни\nза работата и за застапување и претставување на религиозната група.\nКон пријавата се поднесуваат правилата, односно друг акт со кој се\nуредува организацијата и работењето, како и други податоци и документи\nсо кои се докажува исполнувањето на условите за основање.\n::::::::::Член 12\nНазивот на религиозната група треба битно да се разликува од називите\nна веќе регистрираните верски заедници, односно религиозни групи.\nНазивот треба да упатува на фактот дека е религиозна група и на видот на\nизразувањето на верата што преку неа се врши.\nВо називот на верската заедница, односно религиозната група не смеат да\nбидат содржани зборовите “Република Македонија”, називите на други\nдржави, називи на државни или јавни органи и институции и други ознаки.\nСедиштето на верската заедница, односно религиозната група која врши\nверски работи и верски обреди на подрачјето на Република Македонија\nзадолжително е во Република Македонија.\n::::::::::Член 13\nРелигиозната група за која е утврдено дека е основана во согласност со\nовој закон, се запишува во регистарот што се води кај органот надлежен\nза прашањата на верските заедници и религиозните групи.\nОрганот надлежен за прашањата на верските заедници и религиозните\nгрупи пропишува поблиски прописи во врска со водењето и содржината на\nрегистарот.\n::::::::::Член 14\nВерските заедници и религиозните групи имаат својство на правни лица.\nРелигиозната група својството на правно лице го стекнува од денот на\nуписот во регистарот од член 13 на овој закон.\nВерските заедници, односно религиозните групи можат да основаат\nсоцијални и добротворни установи во постапка утврдена со закон.\nОдлуките на органите на верските заедници, односно на религиозните\nгрупи немаат дејство надвор од нив. Исправите на органите на верските\nзаедници, односно религиозните групи немаат својство на јавни исправи.\n::::::::::Член 15\nВерските заедници, односно религиозните групи, во рамките на своето\nработење во согласност со овој закон, можат да ги користат средствата за\nјавно информирање, и да издаваат печатени работи.\nРаботата и користењето на средствата за јавно информирање, издавањето\nна печатени работи од став 1 на овој член и публикување на реклами со\nверска содржина се врпи во согласност со закон.\n::::::::::Член 16\nВерските заедници, односно религиозните групи можат да прибираат\nдоброволни прилози за верски и хуманитарни цели. Прилозите можат да се\nприбираат во просториите и во местата во кои се вршат верските обреди и\nверските работи, а надвор од нив само со одобрение на надлежниот орган\nза внатрешни работи.\nГраѓанинот не смее да биде принудуван или спречуван да дава прилози за\nнамените од став 1 на овој член.\nВерските заедници, односно религиозните групи не можат да утврдуваат\nобврски на верниците за давање прилози од став 1 на овој член.\n::::::::::Член 17\nВерските службени лица и други лица што вршат верски обреди и верски\nработи можат од граѓаните да примаат надоместок, односно награда за\nверските работи и верските обреди што ги вршат по нивно барање, во\nсогласност со прописите на верската заедница, односно религиозната\nгрупа.\n::::::::::Член 18\nВерски обреди и верски работи се вршат во цркви, џамии и други храмови,\nкако и во дворови кои со нив претставуваат една целина, на гробишта и во\nдруги простории на верската заедница, односно религиозната група.\nСо вршењето на верските обреди и верските работи од став 1 на овој член\nне може да се повредува јавниот ред и мир, како и верските чувства и\nдругите слободи и права на граѓаните кои не се припадници на верската\nзаедница, односно религиозната група.\n::::::::::Член 19\nВерски обреди и верски работи можат да се вршат и во други простории и\nместа достапни на граѓаните, со одобрение од надлежниот орган за\nвнатрешни работа, по претходно мислење од органот надлежен за\nпрашањата на верските заедници и религиозните групи.\nБарањето за добивање одобрение од став 1 на овој член организаторот на\nобредот го поднесува најмалку 15 дена пред денот на одржувањето на\nверскиот обред. Во барањето се наведува видот на обредот, кој го\nизведува, целта на обредот, како и времето и местото каде што истиот ќе\nсе врши.\nОрганот од став 1 на овој член го известува подносителот на барањето\nдали го одобрува или не го одобрува одржувањето на верскиот обред\nнајдоцна ссдум дена пред денот на планираното одржување на верскиот\nобред.\nПо исклучок од став 1 на овој член, традиционални верски обреди и\nверски работи (литии и слично) во други простории и места достапни до\nграѓаните се вршат со претходно известување на органот надлежен за\nпрашањата на верските заедници и религиозниге групи.\n::::::::::Член 20\nЗа верски обреди што во согласност со одредбите на овој закон се вршат\nпо барање на граѓанин во неговото живеалиште (семејна слава,\nвенчавање, крштевање, сунетисување, исповедување, благослов на куќа\nили друг имот и слично) не е потребно посебно одобрение.\nВерски обред (крштевање, сунетисување и слично) на малолетник може да\nсе врши само со согласност од родителите, односно старателот а ако\nмалолетникот е постар од десет години потребна е и негова согласност. За\nовие обреди задолжително се обезбедуваат нужни хигиенски, здравствени\nи други услови.\nЛицата кои се сместени во болници, домови за старци и слични институции\nможат да вршат изразување на својата вера и по сопствено барање да\nбидат посетувани од свештени лица заради вршење на верски обреди, во\nсогласност со куќниот ред на институцијата во која се сместени.\n::::::::::Член 21\nВо случај кога во согласност со закон се преземаат посебни мерки за\nзаштита на здравјето на граѓаните, јавниот ред и мир, безбедноста и имот\nод поголем обем, надлежниот орган за внатрешни работи може да забрани\nодржување на верски собири и посети на верски манифестации за времето\nдодека траат околностите поради кои наведените мерки се преземени.\n::::::::::Член 22\nВерските заедници, односно религиозните групи можат, во согласност со\nзакон, да имаат и да стекнуваат во сопственост недвижности и други\nсредства потребни за вршење на нивната дејност.\nЗа изградба или стекнување на објект наменет за вршење на верски\nработи и верски обреди, покрај условите утврдени со закон, верската\nзаедница, односно религиозната група е должна да обезбеди позитивно\nмислење од органот надлежен за прашањата на верските заедници и\nрелигиозните групи.\n::::::::::Член 23\nЛицата одговорни за работата и за застапувањето и претставувањето на\nрелигиозната група се должни да поднесат до органот надлежен за\nпрашањата на верските заедници и религиозните групи пријава за секоја\nстатусна промена или престанок на религиозната група, во рок од 30 дена\nод денот на донесувањето на одлуката за промена или престанок.\n::::::::::III. ВЕРСКА ПОУКА И ВЕРСКИ УЧИЛИШТА\n::::::::::Член 24\nВерска поука може да се изведува само во јавни простории во кои се\nвршат верски обреди и верски работи.\nЗа посетување на верска поука од страна на малолетник потребна е\nсогласност од родител, односно старател, како и негова согласност, ако е\nпостар од десет години.\nВерска поука со ученици може да се изведува само во време кога\nучениците немаат настава во училиштата.\n::::::::::Член 25\nВерските заедници и религиозните групи имаат право да основаат верски\nучилишта во сите степени на образование, освен во основното\nобразование, за школување на верски службеници, како и ученички\nдомови за сместување на лицата кои се школуваат во тие установи.\nВерско училиште, односно ученички дом од став 1 на овој член може да се\nоснова по претходно добиена согласност од органот надлежен за\nпрашањата на верските заедници и религиозните групи.\nМинистерството за образование и физичка култура може да врши увид во\nнаставните програми и нивното остварување во согласност со Уставот и\nзакон, во смисла на член 6 од овој закон.\nВерската заедница, односно религиозна група е должна известувањето за\nосновање верско училиште, со актот за целите и внатрешната\nорганизација на училиштето и наставен план и програма во согласност со\nодредбите на овој закон да го поднесе до органот надлежен за прашањата\nна верските заедници и религиозните групи најмалку три месеци пред\nденот определен за почеток на неговото работење.\nОрганот надлежен за прашањата на верските заедници и религиозните\nгрупи е должен своето мислење да го достави до верската заедница,\nодносно религиозната група во рок од 60 дена од денот на поднесувањето\nна известувањето. До колку согласноста на органот надлежен за\nпрашањата на верските заедници и религиозните групи е негативно,\nверската заедница, односно религиозната група има право на приговор до\nВладата на Република Македонија, во рок од 15 дена од добивањето на\nсогласноста.\nВерски училишта основани од верски заедници, односно од религиозни\nгрупи можат да посетуваат само лица со завршено задолжително основно\nобразование или лица на кои во согласност со закон им престанала\nобврската за задолжително основно образование.\n::::::::::Член 26\nВерските заедници, односно религиозните групи самостојно управуваат со\nверските училишта и ученичките домови што ги основале во согласност со\nовој закон.\nНаставните планови и програми во верските училишта не смеат да бидат\nво спротивност со Уставот и закон.\nНастава во верско училиште може да изведува само државјанин на\nРепублика Македонија.\nСтрански државјанин може да изведува настава во верско училиште само\nповремено, со одобрение од органот надлежен за прашањата на верските\nзаедници и религиозните групи.\n::::::::::Член 27\nОдговорното лице во верското училиште, односно ученичкиот дом е\nдолжно да му ги става на располагање на надлежниот орган од член 25\nстав 3 на овој закон сите податоци потребни за вршење увид во\nработењето на верското училиште, односно ученичкиот дом, како и во рок\nопределен од тој орган да ги отстрани утврдените неправилности.\n::::::::::IV. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 28\nСо парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок\nлице кое врши верски работи и верски обреди во спротивност со член 3 на\nовој закон.\n::::::::::Член 29\nСо парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок:\n- лице кое на било кој начин принудува граѓанин да стане член на верска\nзаедница или религиозна група (член 4 став 1);\n- лице кое принудува граѓанин да учествува или да не учествува во верски\nобреди или други видови изразување на верата (член 4 став 2) и\n- странски државјанин кој врши верски работи и верски обреди или\nизведува настава во верско училиште без претходно одобрение од органот\nнадлежен за прашањата на верските заедници и религиозните групи\n(членови 5 и 26 став 4).\n::::::::::Член 30\nСо парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок:\n- лице кое принудува или спречува граѓанин да дава прилози наменети за\nверски и хуманитарни цели (член 16 став 2);\n- лице кое врши верски обред и верски работи надвор од просториите од\nчлен 18 став 1;\n- лице кое со вршењето на верски обреди или верски работи ги повредува\nјавниот ред и мир, како и верските чувства и другите слободи и права на\nграѓаните (член 18 став 2) и\n- лице кое врши верски обред без барање на граѓанин во неговото\nживеалиште, на малолетно без соодветна согласност и во болници, домови\nза старци и слични институции, спротивно на нивниот куќен ред (член 20\nставови 1, 2 и 3).\n::::::::::Член 31\nСо парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок:\n- лице кое изведува верска поука надвор од просториите во кои се вршат\nверски обреди и верски работи (член 24 став 1);\n- лице кое организира или изведува верска поука на малолетник без\nсоодветна согласност (член 24 став 2) и\n- лице кое изведува верска поука со ученици во време кога учениците\nимаат настава во училиштата (член 24 став 3).\n::::::::::Член 32\nСо парична казна од 50.000 до 100.000 денари ќе се казни за прекршок:\n- одговорното лице на религиозната група ако во пропишаниот рок не\nподнесе пријава до органот надлежен за прашањата на верските заедници\nи религиозните групи (член 11 став 1);\n- одговорното лице во верската заедница, односно религиозната група кое\nработењето и користењето на средствата за информирање, издавањето\nпечатени работи и публикувањето реклами со верска содржина, го врши\nспротивно на закон (член 15) и\n- одговорното лице во верската заедница, односно религиозната група кое\nприбира и користи доброволни прилози за други цели (член 16 став 1).\n::::::::::Член 33\nСо парична казна од 50.000 до 100.000 денари ќе се казни за прекршок\nверската заедница, односно религиозната група ако:\n- утврдува обврска на верниците за давање прилози за верски и\nхуманитарни цели (член 16 став 3);\n- основа верско училиште за ученици во основното образование (член 25\nстав 1) и\n- основа верско училиште без позитивно мислење на органот надлежен за\nпрашањата на верските заедници и религиозни групи (член 25 став 2).\nЧлен 34\nСо парична казна од 50.000 до 100.000 денари ќе се казни за прекршок\nверско училиште ако:\n- наставата во верското училиште ја посетуваат лица без завршено\nосновно образование (член 25 став 6);\n- ангажира или овозможи странски државјанин да изведува настава без\nодобрение од надлежниот орган (член 26 став 4) и\n- не му ги става на располагање на надлежниот орган податоците потребни\nза вршење надзор над работењето или не ги отстрани утврдените\nнеправилности (член 27).\n::::::::::V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\n::::::::::Член 35\nОрганот надлежен за прашањата на верските заедници и религиозните\nгрупи, во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на овој\nзакон, ќе ги пренесе во својот регистар верските заедници и религиозните\nгрупи што се пријавени во Министерството за внатрешни работи до\nвлегувањето во сила на овој закон.\nПостојните верски заедници и религиозните групи од став 1 на овој член,\nсе должни да го усогласат своето работење со одредбите на овој закон во\nрок од шест месеци од денот на неговото влегување во сила.\n::::::::::Член 36\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи\nЗаконот за правната положба на верските заедници (“Службен весник на\nСРМ” број 39/77).\nЧлен 37\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во\n“Службен весник на Република Македонија”.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8_%D0%B8_%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%B8", "word_count": 2726, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2365", "title": "Еднаш минав на мостето", "text": ":Еднаш минав на мостето\n:видов моме на пенџере [х2]\n:со мајка си се караше.\n:Ајде со мајка си се караше\n:мајко ле мила посврши ме [х2]\n:арно момче одбери ми.\n:Ајде добро момче одбери ми\n:како мене, спроти мене\n:како црвено трендафилче\n:развиено каранфилче.\n:Нашла сум ти мила ле ќерко\n:како тебе, спроти тебе\n:како црвено трендафилче\n:развиено карамфилче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D1%88_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2372", "title": "Еј ти Марие, селвие", "text": ":Еј ти Марие, селвие\n:дал имаш слатка леле вечера? [х2]\n:Имам бре лудо как' немам,\n:за тебе јагне леле печено,\n:а за сватови море варено.\n:Еј ти Марие, селвие\n:дал имаш место за спиење? [х2]\n:Имам бре лудо как' немам,\n:за тебе башка одајче,\n:а за сватови море тремови.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98_%D1%82%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B5%2C_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B2%D0%B8%D0%B5", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2370", "title": "Еј мори Ленче, младо фиданче", "text": ":Еј мори Ленче, младо фиданче, еј аман\n:што си бре Ленче расплакано јамди аман\n:оф аман, аман, што си бре Ленче плакано\n:оф аман, аман, да не си болно легнало?\n:Да не ти друшка завиде Ленче, еј аман\n:на твојта снага мермерна Ленче јамди аман,\n:оф аман, аман, на твојте очи черешови\n:оф аман, аман, и на твојта Ленче личота?\n:Да не те татко сретнало Ленче, еј аман\n:со друго либе в' темница Ленче јамди аман\n:оф аман, аман, низ тие тесни сокаци,\n:оф аман, аман, низ тие тесни сокаци?\n:Ниту ми друшка завиде, лудо еј аман\n:ниту ме татко искара, лудо јамди аман,\n:оф аман, аман, туку ми се либето посврши\n:оф аман, аман, за мојта верна другарка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE_%D1%84%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1909", "title": "Правила на Македонскиот Востанички Комитет – 1878", "text": "Правила на Македонскиот Востанички Комитет – 1878\n1 Преамбула\nПознато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и’ е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: „Слобода или смрт!”\nМеѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијуштите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме целата наша татковина Македонија.\n2 Целта на востанието во Македонија\n1.Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија.\n2.Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина.\n3.Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата.\n4.Сите доброжелатели на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.\n5.Им се дозволува на таканаречените Благотворителни комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието, меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однапред определени места, за да се доставуваат на востаничкиот терен; исто така и храната (да се доставува б.р.) до востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно прехраната и облеката во оние места каде што селата и куќите се разорени ли ќе бидат разорени.\n6.Се повикуваат доброволците надвор од Македонија кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љубител на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде до местото каде што ќе се приклучи во редовите на востаниците и ќе му се даде оружје и се што е нужно.\n7.За мрзливците, крадците и арамолепците нема место меѓу македонските востаници, како што нема место на слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турските башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото беспокојство во народот. Такви доброволци не му се потребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси.\n8.Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, блародно и благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби.\n9.Нашата цел на Македонското востание не е никаква тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка за него нема место во востанието.\n10. Од сега во иднина секој доброволец, востаник и арамија е дожен најнапред да дојде до Македонскиот востанички комитет на сопствен трошок, со пушка мартинка, со кама, со сабја или јатаган и со 100 куршуми, без да бара такви нешта од Востаничкиот комитет, кој се грижио за се’ што е потребно за востанието. И тој што сака да испрати се’ што е потребно за востанието, да го испраќа до главната управа на востанието, а не да го предава на приватни лица.\n3 Воени правила на македонската војска\n11. Секој доброволец востаник и арамија од секаква христијанска и друга народност се прима, но тој е должен најнапред да положи клетва на верност и покорност на Главната востаничка управа, па потоа ќе се запишува во бројот на востаниците.\n12. Секој од трите споменати вида востаници којшто не се потчини под оваа управа, туку самиот за себе ќе дејствува во името на востаничката упрва, ќе се гони во името на востаничката управа и ќе се убива.\n13. Секој срамија којшто излегува само да граби и убива за своја лична корист ќе се гони и казнува со оодветна казна.\n14. Секој предавник и шпион, како и да е и од кадев и да е, ќе се гони и откако ќе биде фатен, по завршената истрага со мачење ќе се убива.\n15. Секој христијанин и мухамеданец Македонец, Турчин, Арнаут, Влав и друг којшто ќе се покаже како противник на востанието и на востаниците ќе се гони и откако ќе биде фатен, ќе се казни соодветно.\n16. Секој Турчин којшто доброволно ќе го предаде оружјето ќе се пушта дома и никој не смее да му направи зло.\n17. Секој Турчин што ќе се спротивстави - ќе се убива.\n18. Ако некој Турчин посака доброволно да си оди, не смее да биде ограбен од востаниците.\n19. На оние Турци што ќе се спротивстават востаниците имаат право да им ги запалат куќите, да ги ограбат и да ги убиваат.\n20. Арамија или востаник или доброволец којшто забира турски или христијански жив добиток и го продава на ослободената територија, Главната управа на востанието таквиот ќе го гони и ќе го предаде за соодветно казнување без поговор.\n21. Востаник, доброволец и арамија којшто ќе положи клетва и е запишан во бројот на востаниците, ако не извршува наредби на Главната управа, ако нешто прави без нејзино знаење и без нејзина заповед, таков ќе се брише од бројот на востаниците и за газење на клетвата ќе се гони со соодветни казни.\n22. Сите селани коишто можат да носат оружје ќе учествуваат по потреба како војници во македонската војска за време на битките, а кога се мирува, ќе ја работат на нивјето својата селска работа.\n23. Селанецот којшто ќе откаже да учествува во битка на повик од Востаничкито комитет - ќе се казнува со смрт.\n24. Во секое село се создава селска комисија од три члена којашто ќе има задача сите способни селани за оружје да ги знае каде се движат и секогаш да ги повикува во македонската војска со оружје, ако за тоа стане потреба. Да нема поткупи и да се ослободуваат луѓето преку поткупување на комисијата. Кој ќе се фати да прима поткуп, ќе биде стрелан заедно со тој што дава поткуп.\n25. Во времето кога престојува дел од македонската војска во едно село, селаните се должни да ја хранат на своја сметка, бидејќи војската е народна.\n26. Селаните се должни да ги прифатат востаниците во свои куќи (на конак), откако ќе му се остави на семејството доволно соби за челадта.\n27. Ќе се води сметка за правилно распоредување на војската, така што во една куќа двапати да не се сместува, а во друга куќа ниту еднаш; ако станува збор за чорбаџиско семејство, може и повеќе пати.\n28. Селаните ќе се гриѓат за војската додека Македонскиот востанички комитет не биде во состојба да организира магацин за храна и не направи кршли (касарни, - б.р), каде што војската ќе живее.\n29. Таму каде што војската ќе се собере и престојува подолго време, воено ќе се обучува и подлежи на воена дисциплина.\n30. Најстрого им се забранува на војниците без причина и од бес да пукаат со пушки, да убиваат кокошки, да бараат од селаните пари, со еден збор да прават секакви лоши работи.\n31. Во селата да се изберат старешини, по тројца од секое село од селаните и со одобрение на селото.\n32. Според овој устав старешините за повеќе села да изберат капетан кој ќе биде судија и да му дадат писмо како устав по кој ќе се управува во таа страна.\n33. Според тој устав придружен од капетанот по сите села да се направи попис на сите способни да ракуваат со оружје и кој со какво оружје располага.\n34. Ако некој способен за оружје поради сиромаштија не може да си го купи, да му се даде од резервата.\n35. Во секоја капетанија да има по сто души како регуларни војници, постојано да се подготвени, бидејќи ова искуство се покажа добро.\n36. По повисоките места секаде да има стражи, кои ќе ги чуваат селата во две смени, на по 10 дена. Да се внимава на чорбаџиите да учествуват во стражите, бидејќи се покажа дека тие ја избегнуваат татковинската должност и, уште полошо, го деморализираат населението.\n37. За во востаничко место да не дејствува шпионство, стражите да не пуштаат од турски (неослободени-б.р.) територии луѓе, а ако преминат, да се фатат, задржат и да се испраќаат до Востаничкиот штаб.\n38. Никој без дозвола да не преминува во востаничките места. Кој ќе се фати без дозвола или се дознае дека е шпион, ќе се казнува со смрт.\n39. Гркоманите од другата страна (неослободената територија -б.р.) да не се пуштаат во востаничките места, зашто имаме податоци дека тие имаат тајна спогодба со Турците да го бунат населението.\n40. Женските друштва во востаничките места се задолжуваат да се грижат за облеката на востаничката војска, за крпење, за плетење чорапи, за шиење копули и гаќи од платното коешто Востаничкиот штаб ќе им го дава.\n41. Се наредува крајните куќи по селата да се испразнат и во нив да се приберат сите доброволци што се дојдени од подалечните краишта, додека се распоредат по воените единици.\n42. Во поголемите села ќе се ангажираат по неколку куќи да служат за кршли на востаничките чети додека Востаничкиот штаб откупи 100 до 200 шатори за војската.\n43. Приватните фурни по селата се должни да месат леб за војската што се наоѓа во селото. Секој востаник ќе има по еден килограм леб дневно.\n44. Брашно за лебот ќе се дава од магацините врз расписка и ќе се дели по куќите за месење и печење леб. Којшто скрие востаничко брашно, ќе се казнува со конфискација на неговото целокупно жито.\n44. (Бројот 44 е повторен, го оставаме како што е во оригиналот - б.р.) На секој востаник му следува храна: по еден килограм леб, други порциони потреби - грав или друго, по 10 драма ракија и едно кесе тутун.\n45. Секој востаник добива едно рало опинци и чорапи и кошула и гаќи штом ќе стапи во македонската доброволечка војска, ако е дојден од подалеку. Месните селани ќе се облекуваа и хранат по своите куќи.\n46. Во поглавните места ќе се организираат амбуланти (лазарети) ако некој се разболи. Ранетите и тешко болните ќе се испраќаат во востаничката болница. Потешко ранетите и потешко болните ќе се префрлаат преку граница, во Ќустендил или во Србија.\n47. Бидејќи многу руски војници без дозвола на своите старешини преминуваат на востаничката територија и вршат грабеж од населението, востаничката војска ќе ги разоружува и ќе ги испраќа до Востаничкиот штаб, а потоа ќе се испраќаат до нивните воени единици за натамошна надлежност.\n48. Кога нашата македонска востаничка војска во бој ќе ослободи некое село или град, не смее да врши ограбување на населението, макар тоа било и турско. Секој востаник ќе си носи храна во торбата и додека не пристигне комората, ако нема што да јаде, ќе трпи.\n49. Кој ќе влезе во турска куќа да бара храна или што и да е друго, ќе се смета за грабеж и ќе се казнува со смрт.\n50. Кој на каков и да било начин ја срамоти македонската војска и македонското востание, ќе се казнува од Востаничкиот штаб.\n51. Ако пак посегне врз честа на жените и момите, ќе се казни со смрт, па дури и да не станува збор за бесчестење.\n52. Се дозволува купување на храна, облека и друго, ако востаникот има свои пари, а купувањето не е со сила.\n53. Коњите и другиот добиток со кој располага востаничката војска секогаш да бидат нахранети, макар и со сила, ако некој доброволно не сака да даде храна, бидејќи се работи за добиток.\n54. Не и’ е дозволено на мекедонската доброволечка војска да им пречи на селаните во нивната секојдневна работа дома или во полето.\n55. Акој некој од селаните има оружје а не сака да учествува во боевите, да му се одземе оружјето и да му се даде на тој што нема, без да му се плати.\n56. На оној што од капетенот е определен да држи оружје дома, да не му се одзема.\n57. Никој лично не смее да им продава оружје на востаниците. Треба да се јави во Востаничкиот штаб, да ја каже причината поради која го продава, па ако е оправдано, ќе му се откупи.\n58. Сите селани што на македонската доброволечка војска ќе и’ дадат храна и друго, да бараат расписка и да ја чуваат, бидејќи по ослободувањето ќе им се плати.\n59. Ако пак некој доброволно, како помош, даде нешто за војската, да не му се дава расписка, туку штом тоа го дал, да се запише во книгата за подароци, за да знаеме - кога ќе дојде времето - кој е родољуб. За подарокот секогаш да му се благодари.\n60. Никој од сотниците да не ја напушти војската без дозвола на Востаничкиот штаб. Самоволното напуштање на војската ќе се казни со одземање на чинот и исклучуивање од војската.\n61. Акој сотник ја напушти војската во време на бојот, ќе се казни со смрт. Ако војник ја напушти војската во бојот, ќе биде суден од Штабот како дезертер.\n62. Кој во време на бојот ќе го фрли своето оружје, ќе се смета за предавник и како таков ќе се казнува.\n63. Ако за време на бојот или на друг начин се предаде непријателски војник, под стража ќе се испраќа во Штабот. Кој убие војник што се предаде, ќе се казни со смрт.\n64. Никој од името на Македонската доброволечка војска не смее без знаење да собира пари и друго за востанието. Помоштите ќе се собираат од комисии по селата преку давање квитанција.\n65. Помоштите и парите што се собираат од комитетите надвор од востаничките места ќе се испраќаат до Штабот.\n66. Секој комитет од Македонскиот востанички штаб ќе има препорачано општествено писмо за собирање на помошти во пари и друго и ќе се дава квинтации.\n67. Комитетите можат со собраните подароци и со пари да купат оружје и да го испратат до Штабот.\n68. Ако некој сака да подари оружје и муниција во погоелми количества за македонското востание, да му се благодари од името на Македонскиот востанички комитет, меѓутоа да не се зема никаква обврска од името на Македонското востание.\n69. Во македонското востание да не се испраќаат странски доброволци без дозвола на Штабот на востанието, зашто ние во востанието имаме потреба од луѓе и борци, но немаме оружје.\n70. Доброволците што се испраќаат однадвор без препорака на Македонскиот востанички штаб, нив да не ги примаат сотниците на четите. Да се испита кој ги испраќа да не би да се шпиони и да се враќаат назад.\n71. До колку се установи дека станува збор за шпион, или пропагандист или разбојник дојден од Турско, Грчко, Бугарско, Српско, Русин, Бошњак или било од каде и да е, ќе се преиспита кој го испраќа, за која цел и за сето што правел по востаничките места и ќе се казнува според тежината на сторените дела или ќе се врати назад.\n72. Ако некој доброволец, веќе примен во стројот на македонската доброволечка војска, подоцна се разбере дека е шпион на некоја земја или работи против целите и интересите на Македонското востание, ќе се казнува според законите на македонската востаничка војска како внатрешен.\n73. Ако пак десертира за да ја избегне казната, да се гони и откако ќе биде фатен, да му биде предаден на Востаничкиот штаб. Ако се спротивставува, да се убие на самото место.\n74. Никој македонски војник, востаник или арамија да не воспоставува какви и да е врски со лично нему непознат доброволец или друг, да не издава воени тајни од својата воена единица, ниту за местоположбата на неговата дружина, бидејќи има многу шпиони кои се испратени од непријателите и од оние што имаат лоши намери спрема Македонското востание.\n75. Турските воени единици испраќаат луѓе од неослободеното македонско население на гости или по некаква друга работа по востаничките места, а со цел да ја шпионираат нашата воена сила, вооружувањето и распоредот. Такви луѓе да се спроведуваат најнапред пред сотникот на воената единица, па ако тој се усмони, да ги испраќа до Македонскиот востанички штаб или да ги враќа назад.\n76. Ако се докаже дека некој е шпион на Турците, најстрого ќе се казнува - со смрт.\n77. Од востаничките места никој не смее да ја преминува границата без дозвола на воената единица во селото или на капетанијата.\n78. Селаните што имаат имоти надвор од востаничката територија да се пуштаат со дозвола, но на нивни ризик. Да се внимава на тоа некој да не го злоупотреби тоа за цели против востанието.\n79. Татковински долг е секој Македонец што и да разбере за непријателот, а е во полза на востанието, да им го соопшти тоа веднаш на сотниците на македонската војска.\n80. Секој што ќе се сретне со познат од неослободените краишта а го знае како чесен и поштен, да го распраша за се’ што е корисно за македонската војска: воената сила на непријателот, вооружувањето, расположението, злосторствата и слично и веднаш да го пренесе чуеното до најблиската воена единица.\n81. Кој ќе разбере важни вести во интерес на македонската востаничка војска, па ќе ги задржи за себе или скрие, а тоа подоцна ќе се установи, ќе се казнува како предавник на Македонското востание.\n82. Македонската востаничка војска освен од редовни востанички сили се состои од целото македонско население во ослободените и неослободените краишта, па секој на некаков начин е македонски војник; машко или женско, стар или млад, должен е колку што може и со што може да го помага востанието.\n83. Во секое село или град, особено во местата на фронтовската линија, ќе дествуваат тајно востанички комитети.\n84. Секој востанички комитет располага со своја вооружена чета, која ќе дејствува во случај на потреба во заднината на непријателот, а во согласност со македонската востаничка војска.\n85. Секој востанички комитет е должен навреме да го обезбеди селото со резервна храна, која ќе ја стави на располагање на македонската војска при ослободување на селото.\n86. Востаничките комитети ќе приготват списоци на сите селани што ќе стапат во редовите на македонската востаничка војска.\n87. Да се грижат за вооружувањето на селото купувајќи оружје по тајни канали надвор од ослободената територија.\n88. Кога ќе започнат боевите за ослободување на нивното село, сето за борба неспособно население да го ипсратат во планина за да не пострада од непријателот.\n89. За таа цел навреме да се обезбеди резерва храна и да се скрие на сигурно место в планина.\n90. Големо внимание да се обрне на работниот добиток и овците при одењето во планина.\n91. Прехраната на населението во збеговите ќе биде распределена на еднакви делови за секој жител.\n92. Комитетите ќе имаат во редовите на непријателот своја шпионска служба која што ќе дејствува тајно, со сите средства за да ги дознае намерите на турските војски и навреме да ги доставаува до своите старешини.\n93. Ако од Турците биде откриен и фатен наш шпион, да се преземат мерки откривањата што тој ќе ги стори под сила, да не се прошират и на други наши луѓе. Врските на фатениот да запрат така, што човекот со кого држел врска веднаш заедно со своето семејство да се префрли на ослободената територија.\n94. Комитетите меѓу себе ќе одржуваат врска преку куририч подалечните со поблиските, а најблиските со Македонскиот востанички штаб.\n95. Комитетите што располагаат со повеќе оружје ќе му го даваат, бесплатно или со надомест, на комитетот што нема доволно оружје.\n96. Комитетите ќе имаат во своја надлежност трнспортна служба (кираџии) за пренесување на оружје и друга стока од едно место до друго. Пренесувањето на оружје и стока ќе се смета како воена служба.\n97. Сите жители Македонци се решени да се бијат со непријателот огорчено и докрај. За да биде нашиот отпор успешен и градските комитети треба да преземат соодветни мерки за тоа секој комитет да испрати по селата 12 луѓе, за да се испита колку воини ќе излезат и колку храна можат да дадат селаните, како и кое количество на храна би се собрала.\n98. Градските комитети во случај на потреба во борбата да ги напуштат градовите и да заминат кон фронтовската линија, откако ќе остават луѓе во градовите и да заминат кон фронтовската линија, откако ќе остават луќе и во градовите за собирање на помошти од градското население.\n99. Кога ќе биде ослободено некое место од страна на македонската востаничка војска, веднаш да се свика едно собрание од првенците на селото и тие меѓу себе да изберат две лица што ќе бидат секогаш при главните војводи.\n100. Половина од селаните под оружје да чуваат стржа, а другите да одат по своја работа и под таков услов да се менуваат стражарите со работниците во определено време.\n101. За време на битката сите да трчаат против нашиот непријател.\n102. Никој на своја рака не смее да преговара со непријателот за предавање на македонската војска и ослободените востанички места освен Македонскиот востанички штаб. Кој донесе решение за предавање, војската нема да ја послуша неговата наредба, и слободна е да го суди и осуди на смрт, извршувајќи ја казната јавно пред селото.\n103. Ако се наложи отстапување на некое ослободено место, војводата е должен да преземе заштитни мерки за населението, добитокот и храната, за да најде непријателот пусто село.\n104. Ако отстапуавњето стане во битка во кој аима ранети востаници, по цена на сопствениот живот востаниците ќе ги носта со себе ранетите другари.\n105. Кој на бојното поле ќе остави ранет другар и отстапи за да го спаси својот живот, ќе се казнува со смрт.\n106. Со иста казна ќе се казнува и востаник што ќе го фрли оружјето за да скрие дека е востаник.\n107. Ако потребата наложи да се спаси живата сила на востанието, војводата може да издаде заповед оружјето да се скрие, а востаниците да се разотидат по куќите додека мине силата. Потоа ќе одат да си го земат оружјето и ќе се јавата на местото каде што определил војводата или сотникот.\n108. Македонската доброволечка војска, како што е познато, се состои и од коњица. При секоја чета покрај пешадија ќе има најмалку осум коњаници, кои од оружје ќе носта сабја и куса манлихера. Коњаниците стапуваат во војска со сопствени коњи, за кои самите се грижат. Никој нема право на коњаникот да му го одземе коњот, па дури ни сотникот.\n109. Коницата учествува во битка заедно со пешадијата и добива задачи од војводата.\n110. Коњицата врши и други задачи во војската: кираџиска служба, пренесување на ранетите, пренесување на храна и др.\n111. За да се зачува дисциплината во македонската доброволечка војска и да се казнуваат недисциплираните војници, при секоја чета ќе се определи една соба за затвор на провинетите и осудените, која ќе се чува од стражар.\n112. В затвор може да се држи затвореникот најмногу седум дена. Ако делото заслужува поголема казна, се испраќа во затворот на Македонскиот востанички штаб, кадешто ќе му биде судено.\n113. Казни за виновниците-војници, според тежината на нивните дела се:\n1. Еден ден затвор,\n2. Два дена затвор,\n3. Седум дена затвор,\n4. Разоружување и истерување од македонската војска,\n5. Парична казна за направените штети,\n6. Смртна казна со стрелање.\n114. Смртната казна ја изречува целиот состав на Македонскиот востанички штаб - едногласно.\n115. Обвинетиот престапник има право на лична одбрана или на свој близок кој ќе го застапува пред судот.\n116. Никој без докази не може да биде осуден. Доказите се: лично признание на обвинетиот или најмалку двајца сведоци.\n117. Ако некој се самообинува, а се докаже дека делото не го извришил, ќе се истражува причината за самопризнанието. Ако се докаже дека тоа е изнудено, тој што го изнудил признанието да биде суден. Ако пак самопризнанието е направено за да се скрие друг, вистинскиот престапник, и двајцата ќе добијат еднакви казни.\n118. Ако некој сведок криво се заколне за да му наштети на обинетиот, па тоа се докаже, сведокот ќе се казни со истата казна со која е казнет или би се казнил невиниот.\n119. Сите осудени на смрт имаат право на жалба по пресудата до Македонскиот востанички штаб во широк состав, при учество на сите војводи и сотници. Ако ситуацијата е таква што да не може да се чека собирање на широки состав на судот, ќе се побара од членовите да се произнесат по жалбата. Ако и тоа е невозможно, пресудата ќе се изврши, но само под услов ако нејзиното неизвршување претставува опасност за востанието.\n120. Ако некој од сотниците се осмели да суди сам и осуди на смрт некој од своите војници, па ја изврши казната, ќе биде и самиот осуден на смрт без право на жалба.\n121. Не само сотник туку и секој востаник може да убие дезертер во време на бегство во битката. Меѓутоа, ако (дезертерот - б.р.) биде подоцна фатен, да се приведе во Востаничкиот штаб на надлежност.\n122. Донесувањето на смртните пресуди од страна на Македонскиот востанички штаб заедно со целиот документационен материјал да се внесе во одделна судска книга, за да се види постапката при судењето и дека пресудата е праведна.\n123. Осудениоте на смрт и егзекутираните лично ја носта вината и пресудата нема никакви последици за неговото семејство или неговите блиски роднини, до колку и тие по некаков начин не се соучесните во неговите престапи.\n124. Ако од престапите на осудениот на смрт се користеле и неговите блиски без да зеле учество во самиот престап, имотот ќе им биде конфискуван во корист на македонската војска.\n125. Откако се убедивме дека не е можно да се крене Востанието во сите делови на Македонија, ние решивме да се дигне локално востание во источната област и ослободивме многу села и населени места со внатрешни сили. Меѓутоа пред нас стои голема задача да ја ослободиме целата наша татковина Македонија. Ние сега водиме герилска војна со Турците, но имаме намера да испратиме востанички чети внатре во Македонија, за да се крене востание и таму. Нашата прва чета ќе замине во Битолско за да крене таму востание. Четата од 300 дурши востаници ќе ја водат војводите Караискаки, Стефо, Павле и Кара Коста. Додека таа чета ја исполнува својата задача, ќе дејствува самостојно, и преку курирска служба ќе го исвестува Македонскиот востанички штаб и ќе бара совети.\n126. Им се препорачува на војводите од првата чета, откако ќе пристигнат во Мариовските планини, да примат во своите редови доброволци од месното население, кои ќе бидаат основа за создавање на востаничка војска во тој крај.\n127. Откако ќе се јават доброволци во поголем број, четите да се делат на повеќе, но секогаш да имаат искусен војвода и извесен број опитни четници.\n128. Правилата на Македонскиот востанички комитет ќе бидат во сила во сите области на Македонија и според нив ќе се води востанието.\n129. Во секој востанички реон каде што ќе се крене востание да се создаваат обласни македонски востанички комитети, кои ќе ги раководат востаничките сили и ќе одржуваат врска со Македонскиот востанички комитет преку курирска служба.\n130. Бидејќи и во другите краишта на нашата татковиа се појавени востанички чети под раководство на месни војводи, као во Костурско, Малешевскио, во Прилепската и Велешката каза, во Џумајскиот округ, во Скопско и други места, Македонскиот востанички комитет како централен за цела Македонија препорачува да се обратат до него сите војводи и да донесат решенија во полза на востанието.\n131. Кај нас секој ден доаѓаат посебни пратеници за да бараат оружје и муниција, со кои не располагаме, бидејќи доброволните подароци во последно време малку пристигнуваат од бугарските комитети. Им препорачуваме на пратениците самите да се снабдуваат со оружје од албанските страни.\n132. Нашето македонско востание е внатрешно и ние го водиме со свои сили, па блиските окрузи во Бугарското кнежевство немаат братски пристап и ги враќаат нашите пратеници без да им дадат оружје, така што и ние немаме доволно па да можеме да им помогнеме на нашите браќа Македонци внатре во Македонија. Затоа сме принудени да советуваме да се внимава со оружјето и куршумите.\n133. Сите што имаат во туѓина блиски да побараат од нив помош во оружје и во пари, доколку ја сакаат татковината.\n134. Македонците што живеат во туѓина и сакаат да го помогнат ослободувањето на својата мила татковина од ропството, можат да земата учество во востанието, ако понесат со себе оружје и облека.\n135. Македонците во туѓина кои сакаат да го помогнат ослободувањето на Македонија со доброволни прилози во пари и оружје, да не испраќаат единично, туку групно. Помоштите да се испраќаат директно до Македонскиот востанички комитет по курири што ние ќе ги определиме, а не како до сега преку комитетите во Кнежевство Бугарија.\n136. Голем број Македонци во Србија искажаа желба да се приклучат кон македонското востание, удирјаќи на турските сили од северните граници, но немаат оружје. Ако си најдат оружје и се стават под нашиот востанички устав, ги примаме од се’ срце.\n137. Од сите словенски земји се јавуваат голем број доброволци кои сакаат да земат учество во нашето востание. Македонскиот востанички комитет ги прима и нив ако си понесат оружје и се потчинат на востаничкиот устав. Меѓутоа, меѓу нив има и многубројни авантуристи од кои востанието нема полза, па да не се примаат по никаква цена.\n138. Македонскиот востанички комитет под свое раководство ги има и сите градски комитети за ослободувањето на Македонија и ги кани веднаш да испратат пратеници за да им се дадат упатства за натамошна работа во врска со учеството на градовите во востанието.\n139. На едно општо собрание при учество на сите пратеници на комитетите за цела Македонија ќе биде потврден востаничкиот и граѓанскиот устав по кој ќе се управуваме до ослободувањето, а до та време овој устав (правила) ќе бидат во сила.\n4 Граѓанска управа\n140. Во востаничките ослободени места се воведува привремена граѓанска управа, која ќе го управува општествениот живот на населението, а ќе се состои од највидните луѓе избрани од народот.\n141. На чело на граѓанската управа ќе стои едно централно политичко тело - Централен комитет од петмина членови.\n142. Во секое населено место ќе има месни комитети, кои се состојат од по петмина членови, кои ќе бидат зависни од Централниот комитет.\n143. Надлежноста на Централниот комитет е политичка, додека на месните комитети е граѓанска.\n144. Централниот и месните комитети не се мешаат во воените работи на востанието. Централниот комитет е задолжен да го претставува македонското востание пред туѓите влади и пред народот. Месните комитети управуваат со народот како граѓанска власт.\n145. По ослободувањето на татковината Централниот комитет ќе подготви Устав за уредување на македонската држава како автономна со политичка и културна автономија во Отоманската Империја или надвор од неа, ако тоа го дозволат европските велики сили.\n146. До ослободувањето Централниот комитет ќе изработи приремени правила за управување на ослободената територија.\n147. За да се воведе ред во востаничките места, месните граѓански комитети се должни да водедат нужни реформи согласно со целите на македонското востание.\n148. Граѓанските власти - комитетите ќе им ја гарантираат на селаните приватната сопственост на земјата и имотот.\n149. Никој не смее да посегне на туѓ имот, освен ако сопственикот на имотот го напуштил без причина или е осуден на конфискација.\n150. Секој сопственик ќе ја обработува земјата слободно со семејна работна сила, без право да држи повеќе од еден момок.\n151. Чифлигарењето се забранува најстрого, така што сегашните чифлигари стануваат сопственици на земјата што ја обработуваат доколку сопственикот не може да ја обработува со своето семејство.\n152. На чифлигарите што остануваат без работа ќе им се даде бестопанствена земја со сите посеани површини од бившите сопственици.\n153. Бестопанствена земја ќе им се даде и на селаните што имаат за обработка малку сопствена земја.\n154. Приносот од бестопанствената земја ќе биде во корист на малуимотниот селанец, откако ќе се издвои семето за потребите на македонската војска. Исто така ќе се издвои извесно количество и за други плодови за прехрана на македонската војска.\n155. Месните власти - комитети ќе водат строго сметка за запазување на турксите имоти на Турците што не згрешиле со ништо кон востанието, а со чесен труд си го заработуваат својот леб. Секој што ќе направи штета на имотот на таков Турчин, ќе биде суден и осуден со најстрога казна - смрт.\n156. Најстрого се забранува ширењето на омраза на религиозна основа, да не се прави делење на националностите, бидејќи секој е рамноправен граѓанин и е под заштита на законите на македонската граѓанска управа.\n157. За редовното снабдување на востаничките ослободени места се потребни продукти и друго, па се дозволува непречена трговија со соседните градови кои се под турска власт, ако тие чесно си ја вршат својата трговска работа.\n158. Секој трговец најнапред ќе се јави во комитетот и, откако ќе добие дозвола, може слободно да се движи низ населеното место.\n159. Ако некој ограби грговец по каков и да било начин или му нанесе штети, ќе биде строго казнет со ќотек и ќе му ја надомести штетата во двоен износ.\n160. Ако некој трговец поради воената ситуација им продава на селаните стока по повисока цена, ќе му се конфискува целата стока во полза на македонската војска, а тој ќе се изгони и повеќе нема да се допушта на ослободената територија.\n161. Секој што ќе дава стока на вересија или пак дава пари под лихва, а бара поради тоа повисока цена за стоката или надвор од вообичаената лихва, ќе се казни со најстрогата казна - смрт.\n162. Најстрого се забранува од кои и да е причини да се обесчести верска установа (црква или џамија) или грабеж на вакафски имот.\n163. За бесчестење на црква или џамија казната е смрт, а за грабеж на вакафски имот надомест на штетата во двоен износ и ќотек.\n164. Православните се должни да ги почутуваат и да не ги газат муслиманските обичајни права; никој не смее без дозвола да влегува во муслиманската куќа; да открие муслиманска жена; да пушта свиња во муслиманските имоти и др.\n165. Муслиманите исто така не смеат да газат по православните обичаи и да вршат самоволија што ги вршеа и вршат и сега во неослободените места. Таквите акти ќе се казнуваат строго според тежината на делото.\n166. Најстрого се забранува стапување во брак меѓу муслимани и христијани и обратно, особено ако некој муслиман на сила жени мома христијанка. Ќе се казнува со ќотек и момата ако доброволно сакала да се омажи за муслиман.\n167. Ако некој посака да си ја мени верата, тоа може да го стори откако ќе отиде самиот при својот верски старешина и изјави дека ја напушта верата и преминува во друга, меѓутоа за тоа треба да поминат 15 дена, бидејќи може да се покае.\n168. Секоја капетанија ќе си избере од народот тројца судии, кои привременот ќе ги заменат турските судови по граѓанските работи. Во секое село ќе има и мировни судии, избрани меѓу селските старешини, кои ќе судат ситни спорови меѓу селаните.\n169. Бидејќи немаме пишани закони, народните судии ќе ги судат сите граѓански дела според обичајното право откако најнапред ќе пристапат кон измирување на странките што се спорат.\n170. Незадоволниот од пресудата на селскиот суд има право на жалба до капетанатскиот суд, а ако пак не е задоволен, ќе оди пред војводата па се’ до Македонскиот востанички комитет, одностно Централниот комитет.\n171. Потешките дела, кражби, тепачки, убиства и слично се во надлежност на воените власти, односно војводите и Востаничкиот штаб. Војводскиот суд се состои и уште од тројца старешини од селото, а судот на Востаничкиот комитет ќе има петмина членови, од кои двајца граѓански претставници.\n172. Најтешките дела што повлекуваат смртна казна ќе имаат право на апелација до политичкиот Централен комитет.\n173. Селските мировни судии и капетанатските судови ќе судат јавно во присуство на двете странки, а судењето ќе се запишува во судскатата книга, подговена за таа цел.\n174. Ако дојде до помирување меѓу странките, тогаш нема ништо да се запишува како пресуда, а ќе се каже дека е направено помирување.\n175. Ако се судат христијани и муслимани, тогаш составот на судот ќе има по половина мировни судии од двете страни, за да биде судењето праведно.\n176. Во секое ослободено место капетанатот ќе организира селска милиција, која ќе се грижи за редот и мирот а таа ќе биде под власта на капетанатот. Милиционерите ќе ја вршат службата како да се војници на македонската војска.\n177. Задолжително во селото ќе има по еден милиционер, а по потреба ќе се задолжат и повеќе луѓе.\n178. Во турските села селската милиција ќе биде составена од Турци, а во христијанските од христијани. Ако селото е мешано, по еден милиционер ќе биде од двете вери.\n179. За чување на селските (полски) имоти ќе има по еден до двајца полски чувари (полјаци), кои селото ќе ги плаќа. Полските чувари за христијанските села ќе се христијани, а за муслиманските - муслимани.\n180. Во секое село ќе има и по еден протуѓер (гласник) кој е задолжен да го известува селото за наредбите на граѓанската и воената власт и за селските потреби. Него ќе го плаќа селото според обичајното право. Протуѓерот не носи оружје како полските чувари, кои носат пушка.\n181. Откако запчнаа востаничките дејства, нашите села опаднаа економски, па во некои куќи владее беда и нечистотија. Таму членовите спијат како свињи и се поболуваат од страшливата болест. Заповедаме, во секое село да се организира лазарет и да се определи еден пописмен човек и две почисти млади девојки за да ги посетуваат куќите и штом ќе забележат болен од сомнителна болест, да го стават во лазаретот под стража, а потоа да го испратат во штапската болница, каде што има лекари да го лечат.\n5 Надворешни задолженија на Востанието\n182. Македонското востание е внатрешно, но тоа не може да успее ако не ја убедиме Европа во нашата ослободителна борба. Востанието пред европските држави ќе го претставува македонскиот востанички комитет и луѓе што ќе ги определи надвор од Македонија.\n183. Македонскиот востанички комитет ќе настојува со мемоари и други можности, во името на сите македонски востанаици, да ја убедува Европа дека востанието во Македонија е едно такво дело, кое е неопходно и целесообразно.\n184. Во Европа веќе се зборува, а гласовите постепено стануваат посилни во корист на нашиот народ. Должноста на Македонскиот востанички комитет е да ги појаснува целите на востанието, така што да се рабере вистината дека нашата борба е ослободителна и нема за цел да им наштети на правата на другото население во Македонија.\n185. Македонскиот востанички комитет ќе го извести турскиот комесар дека востанието е во полза на самите Турци, за кои ќе биде добро ако самите побрзаат да не му се спротивставуваат на востанието и да останат да живеат во автономна Македонија, којашто е и нивна татковина.\n186. Македонскиот востанички комитет ќе ја извести и владата на Кнежевство Бугарија дека Македонците не ќе имаат друго мешање со Кнежевството освен братска помош од тие словенски наши браќа.\n187. македонскиот востанички комитет во Кнежевството ќе се претставува во наши депутати, а Кнежевството при комитетот може да испрати свои депутати.\n188. Се моли кнезот на Кнежевството да го замоли Неговото Императорско Величество Царот Ослободител од Русија, како татко и на Македонците, да посредува пред другите дворови да се измени таа лоша положба на македонскиот народ.\n189. Се ополномоштува Димитар Поп Георгиев да ја земе врз себе грижата и да се поврзе со сите македонски и други добротворни комитети во Кнежевството и во туѓина за собирање на секакви помошти за востанието. За испратените помошти на дарителите да им се благодари.\n190. Со окружни писма до сите добротворни комитети во Европа да се испрати еден мемоар за неопходните работи за поткрепа на Македонското востание. Во мемоарот ќе се искаже нашата вера во правдината и користа на нашето свето дело: ние не се очајуваме, ами продолжуваме да работиме енергично и неуморно за постивнувањето на нашата цел - ослободувањето на македонците од турското иго, бидејќи турската власт не сака да го примени членот 23 од Берлинскиот договор.\n191. Македонскиот востанички комитет ќе ја запознае и братската земја Кнежевството Србија со целите на нашето востание, барајќи братска помош за ослободување на Македонија. Ако српскиот кнез дозволи, ќе испратиме во кнежевството наши депутати, а при Комитетот ќе примиме нивни депутати.\n192. Комитетот ќе побара од Неговото Височество српскиот Кнез помош во оружје и други потреби за усшешен крај на нашето Македонско востание.\n193. Комитетот ќе го замоли српскиот кнез да не ги запира нашите Македонци во Србија да земат учество во ослободувањето на нивната татковина Македонија, давајќи им оружје и испраќајќи ги без запирање до границата.\n194. Нашите Македонци, дедовци и татковци, се бореа и ја лееја својата крв за слободата грчка и српска, за ослободувањето на Бугарија, не пожалија за општа слободата наша. Сега е време тие да се покажат како вистински потомци на славните свои ослободители и последовници и на своите врсници им помогнат во ослободувањето на Македонија од петвековното ропство.\n195. Македонскиот востанички комитет ќе ја помоли грчката влада да го помогне Македонското востание и да дозволи испраќање на македонски добворолни чети од Грција.\n196. Грчката влада многу ќе му помогне на востанието ако ги засили своите дејства против Турците во Епир и Тесалија и привлече кон себе турски воени единици. Македонските востаници со своите дејства исто ќе помогнат за ослободувањето на Епир и Тесалија.\n197. Македонскиот востанички комитет ќе ги повика на братско разбирање албанските барјактари и народни водачи кои ја сакаат слободата на својата татковина, да се придружат кон Македонското востание за нивна и наша слобода.\n198. За жал, некои албански главатари повеќе ја сакаат муслиманската вера од својата татковина и се на страната на Турците, па вршат зулуми во Македонија. Нив Македонското востание ќе ги смета за душмани како и турските пашалари, к’раги и сердари, ќе ги гони и убива.\n199. Македонскиот востанички комитет ќе испрати депутат до Рускиот губернатор во кнежевството Бугарија за да го замоли руските војски да им помогнат со оружје на македонските востаници.\n200. Светата Бугарска егзархија на чело со Неговото Блаженство води политика повеќе од чудна, бидејќи под претекст дека се грижи за Македонците, кои остануваат под непосредната власт на Турците, одржува тесни врски со турската влада во Царигради и има големо пријателство со неа, така што преку таа влада си мисли дека, угодувајќи им на Турците, ќе спечали да има влијание пред нив, за да испраќа духовни началници (владици) во Македонија, кои ќе го заштитуваат македонското население од потисниците. Тешко на Македонија! Македонскиот востанички комитет не ја одобрува таквата несмасна политика, којашто ги разбива сосредоточените народни сили - и’ ги врзува рацете на Македонија за ослободувањето.\n201. Македонскиот востанички комитет ги поканува свештениците во Македонија да не ги исполнуваат егзархиските наредби во земјата и да се присоединуваат кон востанатиот македонски народ до ослободувањето, а подоцна ќе се реши црковното прашање во Македонија.\n202. Македонскиот востанички комитет ќе испрати еден депутат до Неговото Блаженство Егзархот Јосиф 1 во Цариград да го замоли да не му прави пречки на Македонското востание, ако не сака да го броиме во редот на предавниците.\n203. Ќе се замоли и Неговото Високопреосвештенство Г. Софиски Мелетиј, кој во улога на помагач на нашето Македонско востание не малку штети му нанесе на делото, да се откаже од своите преднамери и, бидејќи не помага, да не му штети на востанието.\n(з.р. членот 204 е прескокнат)\n205. Македонскиот востанички комитет со донесувањето на овие правила, односно со овој устав, озаконува за понатаму дека Софискиот централен комитет повеќе нема никакви обврски спрема Македонското востание.\n206. Сите наредби на Софискиот централен комитет се отповикуваат, а востанието ќе се раководи од македонскиот востанички комитет, кој се наоѓа во македонија.\n207. Македонската доброволечка војска за натаму ќе биде по непосредно раководство на Македонскиот штаб на востанието, кој ќе изврши мобилизација на селаните, ќе ги снабди со оружје и ќе ги води во света борба за ослободување на Македонија.\n208. Македонскиот востанички комитет озаконува сите Македонци да ги исполнуваат наредбите на овие правила - устав без поговор до ослободувањето на Македонија и до донесувањето на миновремен устав на автономна Македонија.\n209. Оние што ги газат по каква било основа Правилата на Македонскиот востанички комитет ќе бидат изведени пред воениот суд на востанието како предавници на својата татковина Македонија.\n210. Правилата на Македонскиот востанички комитет ќе стапат во сила откако ќе бидат објавени од комитетот и ќе го носта неговиот печат.\n211. Македонскиот востанички комитет заедно со Македонскиот вое штаб на Македонското встание ќе престојува подвижно во местата каде што се востаничките дејства.\nОд Македонскиот востанички комитет\nОд приватната архива на Кирил, патријарх Бугарски. Заведено под сиг. Арх. од Дело 2341, АЕ 50, л.л. 30-61. Резиденција на манастирот во Драгалевци (Софија), НР Бугарија.\nen:The first Constitution of Macedonia - Kresna 1878", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%92%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82_%E2%80%93_1878", "word_count": 7379, "cyrillic": 0.999}
{"id": "2373", "title": "Еј ти, Недо мори, бела Недо", "text": ":Еј ди, Недо мори, бела Недо,\n:што си толку Недо поранила?\n:Што си толку Недо поранила?\n:Чешма, ли, нема Недо во селото?\n:Има, има, лудо, как' да нема.\n:У селото, лудо, крај мегданот.\n:У селото, лудо, крај мегданот,\n:клети луѓе, лудо, омрсиле,\n:од дете крв, лудо, попрскале.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98_%D1%82%D0%B8%2C_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8%2C_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%BE", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2368", "title": "Едно младо војниче", "text": ":Едно младо војниче\n:коњчето си го пасеше [х2]\n:и на коњчето му велеше:\n:Паси ми, паси коњченце\n:јас ќе те пратам на далеку [х2]\n:далеку в' моето село.\n:Поздрав да и' носиш на мајка ми\n:на мајка ми на жената ми\n:дека сум болен ќе умрам\n:децата не ќе си видам.\n:Не ми е жал за мајка ми\n:ниту ми е жал за жена ми\n:тук' ми е жал за децата\n:деца сираци ќе останат.\n:Деца сираци ќе останат\n:нема јас да ги видам\n:оти сум многу далеку\n:далеку во туѓа земја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%B5", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2371", "title": "Еј севдалино, еј малој моме", "text": ":Еј севдалино, еј меанџике\n:отвори ладна меана\n:ти да ме служиш,\n:ти да ме служиш,\n:бела љута ракија.\nРефрен:\n:Севдо ле оган душата ми гори\n:по твојта снага убава. [х2]\n:Еј севдалино, еј меанџике\n:елај до мене приседи,\n:ај ко да пијам,\n:ај ко да пијам\n:сакам да те милувам.\nРефрен\n:Еј севдалино, еј меанџике\n:дали ќе дојдеш со мене\n:со мерак сакам, со тебе душо\n:се тебе да се ќердосам.\nРефрен\n:Еј севдалино, еј меанџике\n:дали ме сакаш кажи ми,\n:ако ме неќеш,\n:ако ме неќеш\n:дај ми уште ракија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98_%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%B5%D1%98_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2366", "title": "Едно име имаме", "text": ":Покрај Егеј Македонци,\n:покрај Вардар Македонци\n:и по Пирин Македонци\n:славно име, непокорно.\n:Едно име имаме\n:во душата го носиме,\n:за тебе живот даваме\n:о, Македонијо!\n:Како килим полиња,\n:а до небо планини,\n:реки златоносни,\n:а езера бисерни.\n:Едно име имаме\n:во душата го носиме,\n:за тебе живот даваме\n:о, Македонијо!\n:Мајко Македонијо\n:балканска убавице,\n:кој се родил во тебе\n:и живот дава за тебе.\n:Едно име имаме\n:во душата го носиме,\n:за тебе живот даваме\n:о, Македонијо!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%B8%D0%BC%D0%B5_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%B5", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2378", "title": "Ете така дедо Димо", "text": ":Ете така дедо Димо\n:на старост се жени,\n:зеде жена на помлада,\n:стотин' кила мери.\n:Викна зурли, ем тапани,\n:триста и пет свата,\n:седум попа и три ѓака,\n:думи старосвата.\n:Па си трга на венчило,\n:сè што беше ојде,\n:до црквата дедо Димо\n:без душа ми дојде.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%82%D0%B5_%D1%82%D0%B0%D0%BA%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%B4%D0%BE_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BE", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2377", "title": "Ергенлак е мамо пашалак", "text": ":Ерген си одев мамо наодев,\n:убави моми мамо заљубив,\n:ергенлак е мамо пашалак,\n:моминството е мамо везирство. [х2]\n:Убави моми мамо заљубив,\n:сè лични бели мамо кочански,\n:ергенлак е мамо пашалак,\n:моминството е мамо везирство. [х2]\n:Од сите мамо моми што љубев,\n:само ми беше една на срце,\n:ергенлак е мамо пашалак,\n:моминството е мамо везирство. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%BB%D0%B0%D0%BA_%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%BF%D0%B0%D1%88%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BA", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2376", "title": "Ерген одев мајко", "text": ":Ерген одев мајко, ерген одев\n:ерген одев мајко, поарно ми беше. [x2]\n:Се оженив мајко, се оженив\n:се оженив мајко, злото ме нападна. [x2]\n:Падна ми се мамо, падна ми се,\n:падна ми се мамо, либе болничаво. [x2]\n:Саноќ ми е мајко, саноќ ми е\n:саноќ ми е мајко, на рака лежало. [x2]\n:Па не можам мајко, па не можам\n:па не можам мајко, на коњ да се качам. [x2]\n:Ме качија мајко, ме качија\n:Ме качија мајко моите другари. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD_%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%B2_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 86, "cyrillic": 0.929}
{"id": "2375", "title": "Елај либе, елај", "text": ":Елај либе, елај,\n:елај на колено,\n:еј, мило ле либе,\n:како сум ти болен.\n:Трева до колена,\n:оган до рамена,\n:еј, мило ле либе,\n:огин до рамена.\n:Околу фрлаат,\n:бомби и куршуми,\n:еј, мило ле либе,\n:бомби и куршуми.\n:Мене ме ранило,\n:среде во срцето,\n:еј, мило ле либе,\n:среде во срцето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B0%D1%98_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5%2C_%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%98", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2374", "title": "Еј Тодоре", "text": ":Еј Тодоре, калеш Тодоре\n:каде одиш дилбере,\n:оган да те изгоре? [х2]\n:Еј Тодоре, калеш Тодоре\n:што ми креваш јадове?\n:Еј Тодоре, дилбер Тодоре [x2]\n:ајде кажи сега се.\n:Еј Тодоре, калеш Тодоре\n:ти ме море разболе,\n:саноќ мислам на тебе. [х2]\n:Еј Тодоре, калеш Тодоре\n:што ми креваш јадове?\n:Еј Тодоре, дилбер Тодоре [x2]\n:ајде кажи сега се.\n:Еј Тодоре, калеш Тодоре\n:зошто криеш од мене\n:љубиш друга или не? [х2]\n:Еј Тодоре, калеш Тодоре\n:што ми креваш јадове?\n:Еј Тодоре, дилбер Тодоре [x2]\n:ајде кажи сега се.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%B5", "word_count": 94, "cyrillic": 0.968}
{"id": "2380", "title": "Жали горо, црни сестро", "text": ":Жали горо, црни сестро,\n:двајца да жалиме.\n:Ти за твоите лисја, горо,\n:јас за мојта младост.\n:Твојте лисја, горо сестро,\n:слана ги попари.\n:А мојата младост горо,\n:мајка ја зацрни.\n:Што ме даде, горо сестро,\n:многу надалеку.\n:Надалеку, горо сестро,\n:преку девет гори.\n:Надалеку, горо сестро,\n:зедов старо аро.\n:Твојте лисја, горо сестро,\n:в' пролет ќе разлистат.\n:А мојата младост горо,\n:нема да се врати.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%2C_%D1%86%D1%80%D0%BD%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2381", "title": "Жална мајка", "text": ":Жална мајка в' себе плаче\n:внуците ги теши,\n:бол во гради лут ја вие,\n:а ним им се смеши.\n:Ах спијте внуци мои\n:пак, пак ќе дојде тој\n:ќе ви пее за Битола\n:за наш роден крај.\n:Спијат внуци мајка плаче\n:очи солзи леат,\n:кај си синко да ги видиш\n:твојте мили деца?\n:Ах спијат деца твои\n:в' сон го слушат твојот пој\n:стани сине да ги видиш\n:стани сине мој.\n:Мајка плаче солзи течат\n:синот свој го жали\n:Благој Петров Караѓуле\n:во мисли го жали.\n:Оф единец мој ти\n:в' гради болка ти ни сви\n:стани чедо пеј ни песна\n:стани не ми спи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 110, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2382", "title": "Животе мој", "text": ":Среќна љубов имавме\n:живот, песни сакавме\n:но за наша несреќа\n:останав јас без неа.\n:Животе мој, животе ти\n:зошто ме мене запусти?\n:Животе мој, животе ти\n:зошто ме мене зацрни?\n:Сега скитам осамен\n:пеам песна од срце\n:чувам тајни спомени\n:на далечни времиња.\n:Животе мој, животе ти\n:зошто ме мене запусти?\n:Животе мој, животе ти\n:зошто ме мене зацрни?\n:Мојот живот без него\n:како славеј без песна\n:мојот живот без неа\n:тажна врба без корен.\n:Животе мој, животе ти\n:зошто ме мене запусти?\n:Животе мој, животе ти\n:зошто ме мене зацрни?\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%98", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1968", "title": "Закон за државните награди на Република Македонија", "text": ":::::::::::::::::::::::Член 1\nВо Република Македонија се доделуваат државни награди (во натамошниот\nтекст: награди) со кои се оддава општествено признание за особено\nзначајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството,\nнауката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката\nкултура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност,\nзаштитата на човековата околина, публицистиката и новинарството.\n:::::::::::::::::::::::Член 2\nНаградите се доделуваат на поединци, група творци, екипи, установи,\nтрговски друштва и здруженија на граѓани.\nНаградите, под услови определени со овој закон, можат да се доделат и на\nстрански државјани, група творци, екипи и институции од странство.\n:::::::::::::::::::::::Член 3\nВо Република Македонија се доделуваат следниве државни награди: \"11\nОктомври\", \"Св. Климент Охридски\", \"Гоце Делчев\",\n\"Мито Хаџи Василев Јасмин\" и \"Мајка Тереза\".\n:::::::::::::::::::::::Член 4\nCo наградата \"11 Октомври\" се оддава највисоко признание за животно\nдело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности\nод јавен интерес. Во една година можат да се доделат најмногу до пет\nнагради.\n:::::::::::::::::::::::Член 5\nCo наградата \"Св. Климент Охридски\" се оддава највисоко признание за\nдолгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието,\nкултурата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето\nна човековата околина и во социјалната дејност.\nВо една година можат да се доделат најмногу до пет награди.\n:::::::::::::::::::::::Член 6\nCo наградата \"Гоце Делчев\" се оддава признание за остварувања во\nобласта на науката. Во една година можат да се доделат најмногу до три\nнагради.\n:::::::::::::::::::::::Член 7\nCo наградата \"Мито Хаџи Василев Јасмин\" се оддава признание за\nостварувања во областа на публицистиката и новинарството.\nВо една година можат да се доделат најмногу до две награди.\n:::::::::::::::::::::::Член 8\nCo наградата \"Мајка Тереза\" се оддава признание за остварувања во\nобласта на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување,\nунапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како\nмеѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури\nи вери.\nВо една година можат да се доделат најмногу до две награди.\n:::::::::::::::::::::::Член 9\nНаградите се доделуваат, по правило, секоја година.\n:::::::::::::::::::::::Член 10\nПоединец, група творци или екипа и член на група творци или екипа, може\nда биде добитник на иста награда за остварувања во иста област, само\nеднаш.\nДобитник на награда, како член на група творци или на екипа може да\nбиде добитник на иста награда за остварувања во иста област и како\nпоединец.\n:::::::::::::::::::::::Член 11\nИницијатива за доделување на награди можат да поднесат установи,\nтрговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.\n:::::::::::::::::::::::Член 12\nНаградите ги доделуваат одбори за доделување на наградите (во\nнатамошниот текст: одбори).\nОдборите се составени од претседател и 12 члена.\nПретседателите и членовите на одборите ги именува Собранието на\nРепублика Македонија од редот на истакнати лица од областите за кои се\nдоделуваат наградите.\nМандатот на претседателите и на членовите на одборите трае две години.\nРаботата на одборите е јавна.\nОдборите одлуките за доделување на наградите ги донесуваат со тајно\nгласање, доколку не утврдат гласањето да биде јавно.\n:::::::::::::::::::::::Член 13\nЗа следење и увид во остварувањата и за давање предлози за доделување\nна наградите, одборите образуваат стручни комисии.\n:::::::::::::::::::::::Член 14\nСекој одбор донесува правилник за работа со кој поблиску се\nопределуваат постапката за доделување на наградите, роковите за\nраспишување конкурс и поднесување иницијативи, начинот на работата на\nодборот, составот и работата на стручните комисии, начинот на\nпредавањето на наградите, обликот и содржината на дипломите и\nплакетите, како и други прашања во врска со доделувањето на наградите.\n:::::::::::::::::::::::Член 15\nОдлуките на одборите за доделување на наградите се објавуваат во\n\"Службен весник на Република Македонија\" .\nОдлуките на одборите за доделување на наградите се објавуваат и преку\nсредствата за јавно информирање, најдоцна три дена пред денот на\nврачувањето на наградите.\n:::::::::::::::::::::::Член 16\nНа награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.\nНа секој член на наградената група творци или екипа му се доделува\nдиплома и подеднаков дел од паричниот износ.\nНа наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани и се\nдоделува диплома и плакета.\nНа добитниците на наградата \"11 Октомври\" им се доделува и плакета.\nНа дипломите се става печат што го содржи грбот на Република\nМакедонија, текстот \"Република Македонија \" и името на одборот за\nдоделување на наградата.\n:::::::::::::::::::::::Член 17\nПаричниот износ на наградата \"11 Октомври\" изнесува петнаесет просечни\nплати во Републиката исплатени во последните три месеца на тековната\nгодина.\nПаричниот износ на наградата \"Св. Климент Охридски\" изнесува десет\nпросечни плати во Републиката исплатени во последните три месеца на\nтековната година.\nПаричниот износ на наградите \"Гоце Делчев\", \"Мито Хаџи Василев Јасмин\"\nи \"Мајка Тереза\" изнесува пет просечни плати во Републиката исплатени\nво последните три месеца на тековната година.\nСредствата за наградите се обезбедуваат од Буџетот на Република\nМакедонија.\n:::::::::::::::::::::::Член 18\nНаградите се врачуваат:\n- наградата \"11 Октомври\" на 11 Октомври - Денот на востанието на\nмакедонскиот народ;\n- наградата \"Св. Климент Охридски\" на 8 декември - денот на Св.\nКлимент Охридски;\n- наградата \"Гоце Делчев\" на 4 мај - денот на смртта на Гоце Делчев;\n- наградата \"Мито Хаџи Василев Јасмин\" на 21 декември - денот на\nраѓањето на Мито Хаџи Василев Јасмин и\n- наградата \"Мајка Тереза\" на 26 август - денот на раѓањето на Мајка\nТереза.\n:::::::::::::::::::::::Член 19\nСтручните, финансиските и административните работи во врска со\nдоделувањето на наградите ги вршат:\n- за наградите \"11 Октомври\", \"Св.Климент Охридски\" и \"Мајка Тереза\"\nМинистерството за култура;\n- за наградата \"Гоце Делчев\" Министерството за образование и наука и\n- за наградата \"Мито Хаџи Василев Јасмин\" Агенцијата за информации.\nЧлен 20\nОдборите се должни правилниците од членот 14 на овој закон да ги\nдонесат во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој\nзакон.\n:::::::::::::::::::::::Член 21\nCo денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи\nЗаконот за републичките награди (\"Службен весник на СРМ\" број 40/87 и\n36/89 и \"Службен весник на Ре-публика Македонија\" број 82/99 и\n33/2003).\n:::::::::::::::::::::::Член 22\nВо 2006 година доделувањето на наградите \"11 Октомври\", \"Св.Климент\nОхридски\", \"Гоце Делчев\" и \"Мито Хаџи Василев Јасмин\" ќе се изврши\nспоред одредбите од Законот за републичките награди (\"Службен весник\nна СРМ\" број 40/87 и 36/89 и \"Службен весник на Република Македонија\"\nброј 82/99 и 33/2003), а на наградата \"Мајка Тереза\" ќе се изврши\nсогласно со одредбите од овој закон.\n:::::::::::::::::::::::Член 23\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во\n\"Службен весник на Република Македонија\".", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 1016, "cyrillic": 0.994}
{"id": "2386", "title": "Заблеало рудо јагне", "text": ":Заблеало, заблејало рудо јагне леле,\n:среде трло, среде трло Стојаново.\n:Ој Стојане, ој Стојане млад стопане леле,\n:дури беше, дури беше млад неженет.\n:Дури беше, дури беше млад неженет леле,\n:ме пасеше, ме пасеше во горана.\n:Пасев трева, пасев трева детелина леле,\n:пиев вода, пиев вода од извора.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%BE_%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%BE_%D1%98%D0%B0%D0%B3%D0%BD%D0%B5", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2383", "title": "За баба Ефтимица", "text": ":Бибил во кафез во одајчето\n:жалосно пее, жалосна песна.\n:Ај стани, стани бабо Ефтимице\n:да го испратиш син ти Стојана [x2]\n:на гурбет ќе оди туѓа туѓина.\n:На гурбет ќе оди туѓа туѓина\n:туѓа туѓина, пуста Америка,\n:пари да спечали, назад да се врати\n:мајка да прегрни, свадба да направи. [x2]\n:Едно време стана баба Ефтимица\n:да го испрати син ѝ Стојана\n:неговото либе дробни солзи рони,\n:дробни солзи рони и му се моли:\n:немој, не оди туѓа туѓина\n:туѓа туѓина, пуста Америка.\n:Не мина време, време три години\n:На баба Ефтимица писмо ѝ стигна.\n:Во писмото пиши: не жали мајко\n:не жали мајко, не плачи либе\n:не плачи либе, пари не спечалив\n:пари не спечалив, младост си оставив.\n:Баба Ефтимица луто проколнала\n:пуста останала туѓа туѓина\n:пуста останала клета Америка,\n:зошто ми го зеде мојто прво чедо [x2]\n:мојто прво чедо син ми Стојана.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%B0_%D0%95%D1%84%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 150, "cyrillic": 0.98}
{"id": "2390", "title": "Запеала Љуба во градина", "text": ":Запеала Љуба во градина [x2]\n:да ја чуе Науме во планина. [x2]\n:Си остави стадо отворено [x2]\n:до стадото шарено кавалче. [x2]\n:Од кавалче змија проговара [x2]\n:расти, расти ти трево зелена. [x2]\n:Да порастиш таман до колена [x2]\n:ко ќе врви Љуба низ градина\n:да ја каснам Љуба за ногата.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%89%D1%83%D0%B1%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 0.873}
{"id": "2389", "title": "Замолил Стојан мајка си", "text": ":Замолил Стојан мајка си, дејгиди\n:жени ме мамо, врши ме, дејгиди.\n:Жени ме мајко, врши ме, дејгиди,\n:за таа Тинка од село, дејгиди.\n:Мене ме срце тргнало по неа\n:умирам мајко загинвам за неа.\n:Тебе те Тинка не сака, дејгиди\n:зошто си Стојан млад, зелен, дејгиди.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%BB_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%B8", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2394", "title": "Земај ми го мили тате тоа девојче", "text": ":Земај ми го мили тате тоа девојче [x2]\n:тоа девојче охриѓанче. [x2]\n:Јас ти неќам мили синко тоа девојче [x2]\n:Тоа девојче охриѓанче. [x2]\n:Јас си сакам мили синко Битолчанче [x2]\n:Битолчанче миразличе. [x2]\n:Јас си неќам мили тате битолчанче [x2]\n:тук си сакам првото либе. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B8_%D0%B3%D0%BE_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8_%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B5_%D1%82%D0%BE%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 52, "cyrillic": 0.843}
{"id": "2388", "title": "Заљубил Димо три моми", "text": ":Заљубил Димо три моми,\n:три моми Димо од три села.\n:Сите ги моми засакал,\n:една му била на срце.\n:Првата беше Орданка,\n:на лика лична убава.\n:На снага тенка, висока,\n:без неа Димо не може.\n:Другата беше Драганка,\n:Драганка мома убава.\n:Со очи црни, маслинка,\n:без неа Димо не може.\n:Третата беше Јованка,\n:никој од рода немала.\n:Со душа била богата,\n:таа му била на срце.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%BB_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BE_%D1%82%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B8", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2384", "title": "За Зарина", "text": "(Ој Зарино, прва севдо)\n:Ој Зарино, прва севдо [2x]\n:Еднуш јас дојдов дома ти. [2x]\n:Еднуш јас дојдов дома ти, [2x]\n:тебе дома не те најдов. [2x]\n:Тук' те најдов по комшии, [2x]\n:по комшии, по азбашчи. [2x]\n:Кај се нишаш на нишалка [2x]\n:со твоите први другари\n:со мојте баш душмани.\n:Мор Зарино, прва севдо, [2x]\n:ако ме љубиш, љуби ме,\n:ако не право кажи ми.\n:Ако не, право кажи ми [2x]\n:да си го барам чарето,\n:да не си губам времето.\n:Да си го барам чарето [2x]\n:младост течит како река,\n:а младост не е за два века.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0_%D0%97%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 105, "cyrillic": 0.904}
{"id": "2391", "title": "Запеј песна Македонко", "text": ":Запеј песна Македонко\n:ти испрати голем поздрав надалеку\n:поздрави браќа, сестри на три страни\n:од Охрид до Пирин дур до Солуна.\n:Твојта песна Македонко\n:ќе расплаче многу срца разделени\n:невидени браќа, сестри многу години\n:со тие граници разделени.\n:Запеј песна Македонко\n:да се зберат браќа, сестри Македонци\n:сите ние да запејме, да се чуе\n:од Охрид до Пирин, дур до Солуна.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%B5%D1%98_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%BE", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2387", "title": "Заљубив едно младо девојче", "text": ":Заљубив едно младо девојче\n:што ми беше несвршено\n:кај се најџвевме, се' си кажвевме\n:болки на срце што си имавме.\n:Нашата љубов беше неверна\n:што си ја ние либе имавме\n:јас да те љубам, да полудеам\n:заради љубовта што си ја имавме.\n:Бог да убие либе мајка ти\n:што те посврши за друго либе\n:колку е жално, колку е горко\n:јас да те љубам, друг да те земи.\n:Кога ќе умрам мори либе ле\n:ти на гробот мој либе да дојдиш\n:солзи да рониш, гласно да редиш\n:заради љубовта што ја имавме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B2_%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2400", "title": "Иди ја мамо посакај", "text": ":Иди ја мамо посакај,\n:Марија, наша мамо комшивка.\n:Ако је неја не давет,\n:та имат сестра мамо помала.\n:Ако и неа не давет,\n:та имат снаа, мамо, вдовица.\n:Ако и неја не е давет,\n:плевната ќе му мамо запалам.\n:Да горит, мамо, да горит,\n:како што срце горит по неја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%B4%D0%B8_%D1%98%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%98", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2392", "title": "Затрепери Козјак планина", "text": ":Трепери Козјак планина,\n:Крсто војвода проваѓа,\n:по њега чета комитска,\n:комитска, баш Македонска.\n:Проговара Крсто војвода:\n:- „Тамо е село Довезен,\n:тамо е Јован Довезенски,\n:тамо са српски четници.\n:Искачај Јован Довезенски,\n:предај се куче четничко.\n:Дувло ќе ти изгоримо,\n:чета ќе ти заробимо“.\n:Запукаа пушки комитски,\n:љута се битка зададе.\n:Љута се битка зададе,\n:српска се чета предаде.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B8_%D0%9A%D0%BE%D0%B7%D1%98%D0%B0%D0%BA_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2398", "title": "И три години станаа", "text": ":И три години станаа\n:откако болен лежав,\n:и никој не се решават\n:кај мене да дојдит.\n:О, гори не зеленејте\n:и птици не пејте,\n:љубовта ме напуштат\n:и скоро ќе умрам.\n:И венец направете\n:од мајски цвеќиња,\n:дајте го на другарите\n:да ми го донесат.\n:Да можам ангел да станам,\n:по небо да шетам,\n:да видам кој ќе те љуби\n:и душа да му земам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98_%D1%82%D1%80%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B0", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2395", "title": "Земи нож прободи ме", "text": ":Сите што љубеа\n:со љубов се зедоа\n:свадби весели си направија.\n:Ние двајца млади\n:најмногу се сакаме\n:пак не си се земаме.\n:Земи нож прободи ме\n:земи пиштол уби ме\n:само мене немој, не оставај ме.\n:Зарем не ми веруваш?\n:Грев ќе имаш на душа\n:на нозе се исушив.\n:Ние двајца млади\n:најмногу се сакаме\n:пак не си се земаме.\n:Земи нож прободи ме\n:земи пиштол уби ме\n:само мене немој не оставај ме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B5%D0%BC%D0%B8_%D0%BD%D0%BE%D0%B6_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%BC%D0%B5", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2399", "title": "И ќе дојде време", "text": ":И ќе дојде време и ден, о да,\n:ти ќе плачиш, ќе вениш за мен'.\n:Но, тогаш ќе бидит веќе касно,\n:јас ќе бидам во гробот студен.\n:Ти думај се дур' је уште рано,\n:штом те љубам, љуби ме и ти.\n:Не оставај млада да загинам,\n:во очајање и разни мечти.\n:Не прави ми толку многу маки,\n:многу маки, воздишки, солзи.\n:Прегрни ме и кажи ќе ме љубиш\n:и тури крај на мојте маки.\n:Ќе побараш друга како мене,\n:не ќе најдиш, запомни си ти.\n:После смртта за тебе ќе настанат\n:најгорчливи и најтешки дни.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98_%D1%9C%D0%B5_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2393", "title": "Зачукале тапаните", "text": ":Зачукале, зачукале тапаните\n:се собрале, се собрале сватовите.\n:Румба, румба, румба ба\n:лиду, лиду, лиду ду\n:ајде чудо големо.\n:Ми јавнале, ми јавнале мулињата\n:запалиле, запалиле лулињата.\n:Румба, румба, румба ба\n:лиду, лиду, лиду ду\n:ајде чудо големо.\n:Ќе ми одат, ќе ми одат по невеста\n:по невеста, по невеста преку Вардар.\n:Румба, румба, румба ба\n:лиду, лиду, лиду ду\n:ајде чудо големо.\n:Ми дотекол, ми дотекол силен Вардар\n:ми однесе, ми однесе невестата.\n:Румба, румба, румба ба\n:лиду, лиду, лиду ду\nајде чудо големо.\n:Почнал зетот, почнал зетот да ми плачи\n:а сватови, а сватови за дарови.\n:Румба, румба, румба ба\n:лиду, лиду, лиду ду\n:ајде чудо големо.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%87%D1%83%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 114, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2402", "title": "Излези моме Русанке", "text": ":Излези моме Русанке,\n:излези да ме пречекаш.\n:Излези да ме пречекаш\n:и коња да ми одседлаш.\n:Не ми излегла Русанка,\n:тук' је излегла мајка е.\n:Тук' је излегла мајка е,\n:мајка е, наш'та душманка.\n:Мајка е, наш'та душманка,\n:што сака да не раздели.\n:Што сака да не раздели,\n:две срца да ни одвои.\n:Русанка ми се посврши\n:за Хаџи Димчо, чорбаџи.\n:За Хаџи Димчо, чорбаџи,\n:за 150 жолтици.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%A0%D1%83%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2397", "title": "Зошто ти ме оставаш", "text": ":Зошто ти ме оставаш\n:кажи Маре, кажи ми,\n:зошто ме забораваш,\n:кое момче ќе љубиш?\n:Сношти дојде татко ти\n:со мајка ми збореше,\n:свадба ќе ни правеа,\n:за нас двајца збореа.\n:Бог да бие татко ти\n:од сè што ми побара,\n:а јас него ниедно,\n:оти сум сиромавче.\n:Жал ми е од срцево\n:дека не сум со тебе,\n:оти руба си немам,\n:дека сум сиромавче.\n:Јас не слушам татко ми\n:руба Маре не сакам,\n:сега ќе се земиме\n:тргај Маре со мене.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%88", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2385", "title": "За Фросина", "text": ":Фросино, моме убаво\n:Фросина седит на чардак\n:на шарен ѓерѓев везеше\n:лице је с'нце грееше.\n:Помина што ми намина\n:од Алил Паша кабатникот,\n:на Фросина е зборвеше:\n:Фросино моме убаво,\n:скри си го белото лице\n:со копринена шамија,\n:пашата седит на диван,\n:со шарената дуљбија,\n:да не те паша догледат.\n:Ушче зборот не дорече\n:пашата ми ја здогледа,\n:в' часот ми пушти гавази\n:на Фросина е зборвеја:\n:Фросино моме убаво\n:здраво живо од Алил Паша,\n:вечер да готвиш вечера\n:во шареното одајче.\n:Миндери да му постелиш,\n:перници да ги наредиш,\n:пашата да го пречекаш.\n:Алал е било на Фросина\n:на гавази му зборвеше,\n:ич гајле што му немаше:\n:Ајде бре, силни гавази\n:од Алил Паша пратени,\n:здраво живо на Алил Паша\n:да не се мамит да дојдит!\n:Да не се мамит да дојдит\n:не можам паша да чекам,\n:и пред паша не излегвам.\n:Јас си сум моме рисјанче,\n:јас си сум вера крстена.\n:Фросино моме убаво\n:ти голем бакшиш да дадеш,\n:Алил Паша го загубија\n:во Јанинската чаршија.\n:Во Јанинската чаршија\n:главата му ја шетаа\n:низ тие пусти сокаци.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0_%D0%A4%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 185, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2403", "title": "Ино моме веселино", "text": ":Ино моме веселино\n:ме изгоре како вино,\n:ме накити ти со цвеќе,\n:што нема, нема да свене веќе. [x2]\n:Ино моме веселино\n:ми отвори небо сино,\n:кај што лутам како облак,\n:по твојата снага топла. [x2]\nРефрен:\n:Ино моме веселино\n:наточи ми чаша вино\n:подари ми небо сино,\n:да те пијам да испијам,\n:подари ми небо сино\n:јадови свои јас да скријам.\n:Ино моме веселино\n:ми отвори небо сино,\n:кај што лутам како облак,\n:по твојата снага топла. [x2]\n:Ино моме веселино\n:наточи ми чаша вино,\n:подари ми небо сино,\n:да те пијам да испијам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 100, "cyrillic": 0.97}
{"id": "2418", "title": "Кажи, кажи Донке", "text": ":Кажи, кажи, Донке што да ти донесам, [х2]\n:оф аман, аман мори ѓулчин Донке? [х2]\n:Шеќерна кутија, грозје леблебија [х2]\n:оф аман, аман, мори ѓузел Донке?\n:Круша шербетлија, мезе за ракија [х2]\n:оф аман, аман мори џилфе Донке?\n:Ништо не ти сакам, сал тебе те чекам\n:сал тебе те чекам дома да ми дојдеш\n:оф аман, аман мори лична Донке. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B6%D0%B8%2C_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2417", "title": "Кажи Епсо Димушева", "text": ":Кажи Епсо Димушева,\n:кој те тебе посврши?\n:Ме свршија посвршија,\n:у Ѓигота за Душана.\n:Не плачи, млад Мато Кузманов,\n:не плачи, не ме изгоруј.\n:Кажи Епсо Димушева,\n:кој ти беше стројникот?\n:Стројник беше, ми беше,\n:млади Љубе Стојкојчин.\n:Не плачи, млад Мато Кузманов,\n:срцево ми го изгоре.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%95%D0%BF%D1%81%D0%BE_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D0%B0", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2419", "title": "Калино ќерко, Калино,", "text": ":Калино ќерко, Калино,\n:дадов те бела, црвена,\n:дадов те бела, црвена,\n:дадов те тенка, висока.\n:Што болест ми те налегна,\n:та ми потенка повена,\n:што болес ми те налегна,\n:та ми потенка повена?\n:Не прашвај мале, не прашувај,\n:не сум од болест легнала.\n:Не сум од болест легнала,\n:тук' се од мерак разболев.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D1%9C%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%BE%2C_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE%2C", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2423", "title": "Кинисуе Стојан во планина", "text": ":Кинисуе Стојан во планина,\n:кинисуе нарачуе,\n:нарачуе Стојан на мајка си.\n:Јас ќе одам мајко во планина,\n:во планина мајко, по рудина,\n:да напасам мајко бело стадо.\n:И оставам мајко седум сестри,\n:ти да гледаш мајко да ги караш,\n:да не скитат ноќе по сокаци.\n:Да не чујам мајко нешто смеја,\n:да се бајат шега селаните,\n:да не ми се смејат другарите.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%83%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2428", "title": "Коледица", "text": ":Коледица и медица\n:И по неа Василица\n:Еднаш ни е во година\n:Како цвеќе во градина.\n:Коледе бабо коледе\n:Дај ми едно костенче\n:Едното за мене\n:Другото за другарчето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Белешка\n*Оваа коледарска песна се пее во Битолско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2396", "title": "Зошто ми се срдиш либе", "text": ":Зашто ми се срдиш либе\n:срдиш не доаѓаш?\n:Дали коња немаш либе\n:или друм не знаеш?\n:Врана коња имам либе\n:до три друма знае,\n:само ти се срдам либе\n:за сношната вечер.\n:Јас ти реков: добро вечер\n:ти ми рече: дојди вечер.\n:Јас ти реков: добро вечер\n:ти ми рече: дојди вечер.\n:Дојди вечер на вечера\n:дури не сме вечерале,\n:дури не сме вечерале,\n:вити порти затвориле.\n:Рајна на порти стоеше,\n:Рајна на порти стоеше,\n:меракот си го чекаше,\n:меракот си го чекаше.\n:Оф, ој Рајне Бурева\n:прибери ме мили Боже при неа\n:Оф, ој Рајна Бурева\n:јас не можам мили Боже без неа.\n:Оздола иде Ѓошето,\n:оздола иде Ѓошето,\n:Ѓошето на поп Јаневци.\n:И на Рајна вели, говори,\n:и на Рајна вели, говори:\n:Оф, ој Рајне Бурева\n:Изгоре ме мили Боже со неа.\n:Оф, ој Рајна Бурева\n:јас не можам мили Боже\n:ич без неа.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D1%80%D0%B4%D0%B8%D1%88_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5", "word_count": 151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2421", "title": "Кинисав да одам", "text": ":Кинисав да одам,\n:во Костур на гости.\n:Деверот ми викна:\n:„Врати се невесто“.\n:Врати се невесто,\n:момчето ти дојде.\n:Момчето ти дојде,\n:дома не те најде.\n:Промена ти сака,\n:кошулата бела.\n:Кошулата бела,\n:ич не заносена.\n:Вечера ти сакат,\n:кокошка печена.\n:Кокошка печена,\n:ич не донесена.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%B2_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2414", "title": "Каде си тргнало, абре бај постоле", "text": ":Каде си тргнало, абре бај постоле\n:каде си тргнало по ноќно време,\n:аман, аман, аман по ноќно време\n:аман, аман, аман по месечина.\n:На пат ми те чекаат абре бај постоле\n:на пат ми те чекаат до три пусии,\n:аман, аман, аман до три пусии,\n:аман, аман, аман до три пусии.\n:Прва пусија абре бај постоле\n:прва пусија турски черкези,\n:аман, аман, аман турски черкези,\n:аман, аман, аман турски черкези.\n:Втора пусија абре бај постоле\n:втора пусија клети душмани,\n:аман, аман, аман клети душмани,\n:аман, аман, аман клети душмани.\n:Трета пусија абре бај постоле\n:трета пусија први душмани,\n:на пат ми те чекаат тебе да те фатат,\n:аман, аман, аман тебе да те фатат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BE%2C_%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B5_%D0%B1%D0%B0%D1%98_%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B5", "word_count": 119, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2420", "title": "Карамфило филфило", "text": ":Карамфило филфило моме,\n:карамфило филфило,\n:Карамфило филфило моме,\n:ти карамфил не носиш.\n:Ти карамфил не носиш моме,\n:ти карамфил не носиш,\n:ти карамфил не носиш моме,\n:на каранфил мирисаш.\n:Друшките ти носеа моме,\n:друшките ти носеа,\n:друшките ти носеа моме,\n:ама не мирисаа.\n:Цел ден стојам на порти моме,\n:цел ден стојам на порти,\n:цел ден стојам на порти моме,\n:пушка држам во раце.\n:Да убијам татко ти моме,\n:да убијам татко ти,\n:жал ми падна за тебе моме,\n:ќе останеш сираче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D1%84%D0%B8%D0%BB%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BE", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2422", "title": "Кинисала Роса ју планина", "text": ":Кинисала Роса ју планина,\n:да си бере Роса росно цвеќе,\n:ден го брала Роса, ден китила.\n:Накитила Роса три товара,\n:товарила Роса, замркнало,\n:ја смркнало Роса, затемнило.\n:Ој овчари, море, мили браќа,\n:каде има браќа таа вечер,\n:таа вечер, браќа, да ноќевам.\n:Ноќевала Роса кај овчари,\n:ја самнало Роса, товарила,\n:кинисала Роса да си оди.\n:Насмеа се Роса на овчари,\n:Ој овчари, море, будалишта,\n:сретнал волкот, море, рудо јагне,\n:па не знаел, море, да го јаде.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%A0%D0%BE%D1%81%D0%B0_%D1%98%D1%83_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2432", "title": "Крај Вардара седеше", "text": ":Крај Вардара седеше\n:алтан капче везеше. [х2]\n:Шеќериче, јабанџиче\n:да пукниш ќе те земам. [х2]\n:Алтан капче везеше,\n:луто мајка колнеше. [х2]\n:Шеќериче, јабанџиче\n:да пукниш ќе те земам. [х2]\n:Луто мајка колнеше,\n:дробни солзи ронеше. [х2]\n:Шеќериче, јабанџиче\n:да пукниш ќе те земам. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2426", "title": "Кога тргнав Цвето во туѓина", "text": ":Кога тргнав Цвето за туѓина\n:дробни солзи ти ронеше\n:дробни солзи Цвето ти ронеше\n:и во Бога се колнеше.\n:Дека верна Цвето ќе ми бидеш\n:куќа деца ќе ми гледаш\n:но јас Цвето мори верба немав\n:бргу назад јас се вратив.\n:Наш'то порте Цвето затворено\n:а децата позаспани.\n:Ламбичето подзапрено\n:а ти Цвето во комшии.\n:А ти Цвето во комшии\n:црно кафе си пиеше\n:црно кафе Цвето си пиеше\n:благ муабет си правеше.\n:Како знаеш Цвето, така прави\n:ти на мене да не мислиш.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%B2%D0%BE_%D1%82%D1%83%D1%93%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2425", "title": "Кога си бевме мали", "text": ":Кога си бевме мали [х2]\n:кога си бевме мали мило либе\n:љубов не знаевме. [х2]\n:А сега пораснавме [х2]\n:а сега пораснавме мило либе\n:од љубов страдаме. [х2]\n:Не сакам да работиш [х2]\n:не сакам да работиш мило либе\n:до мене да седиш. [х2]\n:Машина ќе ти купам [х2]\n:машина ќе ти купам мило либе\n:шивачка да станеш. [х2]\n:Црвената ти врска [х2]\n:црвената ти врска мило либе\n:срцево ми прска. [х2]\n:Ќе дојде денот либе [х2]\n:ќе дојде денот мило либе\n:ќе плачеш за мене. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%81%D0%B8_%D0%B1%D0%B5%D0%B2%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B8", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2431", "title": "Крај Вардара високи баири", "text": ":Крај Вардара високи баири, леле\n:крај Вардара високи баири.\n:Крај баири зелени ливади, леле\n:крај баири зелени ливади.\n:Јули ваби млади Македонци, леле\n:в' раце држат пушки малихери.\n:Напред стои нијниот војвода, леле\n:војводата тихо им говори.\n:Ваја вечер Вардар ќе газиме, леле\n:втора вечер Гевгелиско Поле.\n:Трета вечер у Ниџе планина, леле\n:там' се бијат наши мили браќа.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%B8_%D0%B1%D0%B0%D0%B8%D1%80%D0%B8", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2429", "title": "Кондисал Ајрудин паша", "text": ":Кондисал Ајрудин паша, аман,\n:кондисал карши Галичник.\n:Наличил силни топови, аман,\n:да ми го горит Галичник.\n:Галичник село големо, аман\n:Стамбол на ѓузум пишано.\n:Извадил ѓузлум дулбија, аман,\n:догледал чешма упија.\n:На чешмата до две девојки, аман,\n:две девојки и една невеста.\n:Девојки платно белеа, аман,\n:невеста вода носеше.\n:Излегол Тодор Попоски, аман,\n:со ќеаните по него.\n:Јагне сугаре носеа, аман,\n:сељам на паша чинејет.\n:Сељам на паша чинејет,\n:да не го горит Галичник.\n:Жалба му падна на срце, аман\n:дигна си силни топови.\n:Дигна си силни топови, аман,\n:не го запалил Галичник.\n:Галичник, село големо, аман,\n:в Стамбол на ѓузум пишано.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BB_%D0%90%D1%98%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BD_%D0%BF%D0%B0%D1%88%D0%B0", "word_count": 107, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2416", "title": "Кажи Васке Ергова", "text": ":Кажи Васке Ергова,\n:кој те тебе посврши?\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n:Јас се свршив, посвршив,\n:за Мијалче Младенов.\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n:Кажи Васке Ергова,\n:што те тебе премами?\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n:Ме премами, измами,\n:свиленото карваче.\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n:Кажи Васке Ергова,\n:што те друго прелажа?\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n:Ме прелажа, излажа,\n:свиленото фустанче.\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n:Кажи Васке Ергова,\n:што те друго прелажа?\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n:Ме прелажа, излага,\n:сребреното елече.\n:Трани, нани нани, на,\n:Васке Ергова.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B5_%D0%95%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B0", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2434", "title": "Легнало, моме заспало", "text": ":Легнало моме, заспало,\n:легнало моме, заспало,\n:под едно дрво високо.\n:Легнало моме, заспало,\n:легнало моме, заспало,\n:и сладок сон сонувало.\n:Оздола иде либето,\n:оздола иде либето\n:и на момето зборува.\n:Ај да те водам до село,\n:ај да те водам до село,\n:свадба да си направиме.\n:Свадба да си направиме,\n:свадба да си направиме\n:и двајца да се земиме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BE%2C_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%BE", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2415", "title": "Каде сте Македончиња", "text": ":Илјада деветсто четириесет и осмата,\n:Егеј наш македонски солзи пролеа.\n:Од гради топли, мајчински,\n:дечиња се отимаа,\n:по светот се распрскаа,\n:детски игри оставија.\n:Каде сте, Македончиња,\n:каде сте, кај отидовте?\n:Жално плаче мајка егејска,\n:за вас плаче Македонија.\n:Далечна е пролетта, четириесет и осмата,\n:далеку е детството, детство минато.\n:Спомен тажен остана,\n:за родна куќа таткова,\n:зборот плаче мајчински,\n:мајка не заборавајте.\n:Каде сте, Македончиња,\n:каде сте, кај отидовте?\n:Жално плаче мајка егејска,\n:за вас плаче Македонија.\n:Европа, Канада, Америка, Австралија,\n:глас свој сложно кренаа Македонците.\n:И ние право имаме,\n:слободно да живееме,\n:во земја наша таткова,\n:мила Македонија.\n:Каде сте, Македончиња,\n:каде сте, кај отидовте?\n:Жално плаче мајка егејска,\n:за вас плаче Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%B4%D0%B5_%D1%81%D1%82%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0", "word_count": 120, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2430", "title": "Коња водам Анѓе", "text": ":Коња водам Анѓе, коња водав,\n:Ангелино моме, да напојам.\n:Пуста таго моја, да напоја.\n:Коњи водам Анѓе, коњи вода\n:Ангелино моме не пиеше.\n:Пуста таго моја, не пиеше.\n:Коњи тропаа Анѓе, коњи тропаа,\n:Ангелино моме, с' десна нога,\n:пуста таго моја, с' десна нога.\n:Ми откопа Анѓе, мрамор плоча,\n:под плочата, Анѓе, огледало,\n:пуста таго моја, огледало.\n:Се погледав, Анѓе, се огледав,\n:Ангелино моме, се бендисав,\n:пуста таго моја, се бендисав.\n:Ушче да бев Анѓе, црно око,\n:ќа го женев Анѓе, најубото,\n:пуста таго моја, од селото.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%9A%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC_%D0%90%D0%BD%D1%93%D0%B5", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2433", "title": "Легнало моме заспало", "text": ":Легнало моме заспало\n:на мајкино си колено аман, ѓули аман,\n:таман што си моме заспало,\n:големо соне видело аман, ѓули аман.\n:На сон дојдоја три луди,\n:три луди млади беќари аман, ѓули аман.\n:Првиот што ми помина,\n:тој ми потфрли јаболко аман, ѓули аман,\n:тој што потфрли јаболко\n:како него да се тркала аман, ѓули аман.\n:Вториот што ми помина,\n:тој ми потфрли злат прстен аман, ѓули аман,\n:тој што потврли злат прстен\n:низ него да се провира аман, ѓули аман.\n:Третиот што ми помина,\n:тој мене на сон целува аман, ѓули аман,\n:тој што мене на сон целува\n:со него да се ќердосам аман, ѓули аман.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%BE", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2436", "title": "Леле Јано", "text": ":Леле Јано, леле мила ќерко,\n:а што седиш везден на ѓерѓефот?\n:А што седиш везден на ѓерѓефот,\n:а што везеш свилена марама?\n:Леле мајко, леле стара мајко,\n:не си везам свилена марама.\n:Не си везам свилена марама,\n:тук си везам македонско знаме.\n:Да се сторам млада комита,\n:да покријам млад Делчев војвода.\n:Да покријам Делчев војвода,\n:тој загина за Македонија,\n:за Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%BB%D0%B5_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BE", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2437", "title": "Либе, ако дојдеш", "text": ":Либе, ако дојдеш, дома да ми дојдеш,\n:ќе мама дојде, ќе татко дојде.\n:Зинга, зинга, зинга ле, зинга бајевите,\n:оп, мамо, мамице, оп, бајевите.\n:Мама е отишла на воденица,\n:на воденица с' крива магарица.\n:Зинга, зинга, зинга ле, зинга бајевите,\n:оп, мамо, мамице, оп, бајевите.\n:Јас да се бацувам со млади ергени,\n:со млади ергени, со стари беќари.\n:Зинга, зинга, зинга ле, зинга бајевите,\n:оп, мамо, мамице, оп, бајевите.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D0%B1%D0%B5%2C_%D0%B0%D0%BA%D0%BE_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5%D1%88", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2424", "title": "Кога падна на Пирина", "text": ":Кога падна на Пирина,\n:ранет Јане Сандански,\n:полетаа три сокола\n:и на Јане збореа:\n:- Ајде Јане со нас појди,\n:ние лек ќе најдеме.\n:Мајка Македонија\n:за таков јунак лек ќе најде.\n:Први сокол проговара:\n:- Ој ти Јане Сандански,\n:ајде Јане со нас појди,\n:горе в' Пирин Планина.\n:Белким ти ќе оздравиш,\n:Македонија да ослободиш.\n:Втори сокол проговара:\n:- Ој ти Јане Сандански,\n:ајде Јане со нас дојди,\n:дур' до белото море.\n:Белким ти ќе оздравиш,\n:Македонија да ослободиш.\n:Трети сокол проговара:\n:- Ој ти Јане Сандански,\n:ајде Јане со нас појди,\n:долу крај Вардара.\n:Белким ти ќе оздравиш,\n:Македонија да ослободиш.\n:- Ој те вие три сокола,\n:в' срце сум ранет.\n:Оставај мене тук' да умрам,\n:лек мене не лекува.\n:Македонија други ќе роди,\n:кој ќе ја ослободи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\nsr:Кога падна на Пирина", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9F%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 135, "cyrillic": 0.993}
{"id": "2438", "title": "Лична валандовчанка", "text": ":Една мома калеша,\n:што ја сретнав в' младоста,\n:уште не ме остава,\n:да ја сетам радоста. [х2]\n:Очи бистри Дојрански\n:уста зрела калинка [х2]\n:лична Валандовчанка.\n:Јас ја љубев искрено\n:таа ми се заколна,\n:дека уште ме сака,\n:само мене до века. [х2]\n:Очи бистри Дојрански\n:уста зрела калинка [х2]\n:лична Валандовчанка.\n:Рујно вино од желбите\n:утеха ми остави\n:љуби ги разделбите. [х2]\n:Очи бистри Дојрански\n:уста зрела калинка [х2]\n:лична Валандовчанка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2435", "title": "Леле Димче трчај лажи", "text": ":Шест пати Димче аман се посвршил,\n:а ниеднаш личен Димче не се оженил.\n:Се вршам браќа, ама не се женам,\n:за прстени море разни, златни, далечни.\n:Леле, леле Димче, леле трчај лажи,\n:сал се вршиш, ту бре Димче,\n:еднаш не се жениш.\n:Шест прстени златни носиш на рака,\n:сал се вршиш, ту море Димче,\n:еднаш не се жениш.\n:Кола да имаш, аман ќе те мислат,\n:а ти немаш кутри Димче, ни криво магаре.\n:Куќа да имаш, аман ќе те зборат,\n:а јас кутри личен Димче, колиби сонувам.\n:Леле, леле Димче, леле трчај лажи,\n:сал се вршиш, ту бре Димче,\n:еднаш не се жениш.\n:Шест прстени златни носиш на рака,\n:сал се вршиш, ту море Димче,\n:еднаш не се жениш.\n:Ко конзул Димче, сал си дотеран,\n:каранфили само бериш, на девојки даваш.\n:Шест пати Димче аман се посвршил,\n:а ниеднаш личен Димче море не се оженил.\n:Леле, леле Димче, леле трчај лажи,\n:сал се вршиш, ту бре Димче,\n:еднаш не се жениш.\n:Шест прстени златни носиш на рака,\n:сал се вршиш, ту бре Димче, јаз'к да ти е!\n:Еднаш не се жениш!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%BB%D0%B5_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D1%87%D0%B5_%D1%82%D1%80%D1%87%D0%B0%D1%98_%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B8", "word_count": 187, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2443", "title": "Македонија", "text": ":Реко моја ширна широка,\n:песно моја вишна висока,\n:сите светој си ги собрала\n:љубов наша ти си набрала.\n:Еј, Македонијо, еј убав роден крај\n:Еј, Македонијо ти мајко срце големо. [x2]\n:Векој течат, сè ќе измине\n:а љубов нема да гине,\n:лична земјо, чиста исконска,\n:лична земјо ти Македонска.\n:Еј, Македонијо, еј убав роден крај\n:Еј, Македонијо ти мајко срце големо. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 0.97}
{"id": "2444", "title": "Македонијо жална ле мајко", "text": ":Македонијо жална ле мајко\n:доста си страдала,\n:страдала си жална ле мајко\n:цели пет векови. [х2]\n:Ако сакат Господ ле мајко\n:јас да си пораснам\n:села ќе соберам ле мајко\n:чета ќе направам. [х2]\n:Планина ќ' одам мила ле мајко\n:с' душман ќе се бијам\n:с' душман ќе се бијам ле мајко\n:знаме ќе развијам. [х2]\n:На знамето да пишит ле мајко\n:смрт или слобода\n:смрт или слобода ле мајко\n:за Македонија. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%BE_%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2447", "title": "Малките моми", "text": ":Малките моми\n:делба делиле.\n:Mалките моми\n:делба делиле.\n:На сека мома\n:по едно момче.\n:На бела Рада\n:црно Арапче.\n:Па се чудила\n:што да прави.\n:Па се чудила\n:што да му прави.\n:Па го однела\n:на река Вардар.\n:Два дни го мила,\n:три дни го трила.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B8", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2452", "title": "Маро, Марике", "text": ":Маро, Марике гиди филџан бојливке\n:филџан бојливке гиди, назл'м назлинке. [х2]\n:Марини очи леле Костурски цреши\n:кој поминува леле, сè си апнува,\n:а јас си поминав леле, а јас заминав\n:по мене маваат леле с' дрво, камење.\n:Марини усни леле скопски целувки\n:кој поминува леле сè си апнува,\n:а јас поминав леле, а јас заминав\n:по мене маваат леле с' дрво камење.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BE%2C_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B5", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2453", "title": "Маро, Марике, фидан бојлике", "text": ":Маро, Марике, гиди, фидан бојлике,\n:фидан бојлике, гиди, назум назимке.\n:Марини очи, леле, Костурски цреши,\n:кој поминува, леле, сè си апнува.\n:А јас поминав, леле, а јас заминав,\n:по мене мават, леле, с' дрво, с' камење.\n:Марина коса леле, дебела сенка,\n:кој поминува, леле, сè си пладнува.\n:А јас поминав, леле, а јас заминав,\n:по мене мават, леле, с' дрво, с' камење.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BE%2C_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B5%2C_%D1%84%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D0%BD_%D0%B1%D0%BE%D1%98%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B5", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2449", "title": "Мамо мори", "text": ":Мамо мори стара,\n:луѓе се набрале.\n:Зашто се набрале, мамо,\n:зошто се собрале.\n:А бре сине, Стојане,\n:мама ќе ти каже.\n:Стојна се посврши, сине,\n:во мили кумове.\n:Мамо мори стара,\n:јас болен си лежам,\n:девет ми години, мамо,\n:за Стојна девојка.\n:А бре сине, Стојане,\n:мама ќе ја земе.\n:Мама ќе ја земе, чедо,\n:сине од венчање.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2454", "title": "Меаните мајко ле", "text": ":Меаните мајко ле ме запустија\n:тие витки пеачки ме разболеа.\n:Меани, меани што ми сторивте\n:животот меани ми го зедовте. [х2]\n:Саноќ седам в' меана, саноќ си пијам\n:песна свирка сал слушам и се веселам.\n:Меани, меани што ми сторивте\n:животот меани ми го зедовте. [х2]\n:Либето ме остави, ме заборави\n:сè за таа ракија да ми се стори.\n:Меани, меани што ми сторивте\n:животот меани ми го зедовте. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%BB%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2442", "title": "Маж ми е генерал", "text": ":Маж ми е генерал\n:шеесет годишен стар,\n:стар и подгрбен е тој\n:незгоден за љубов.\n:А јас сум млада мома\n:шеснајст годишна сум\n:возрасна на младост\n:створена за љубов.\n:Во Струга на балот\n:там ќе се заљубам јас\n:во еден млад офицер\n:достоен кавалер.\n:И с' него целата ноќ\n:ќе спијам во раскош\n:тој ќе ми дари цвеќа\n:и прва целувка.\n:О боже, мили боже\n:дал' ќе сврши тој бој\n:дал' ќе се врати тој\n:и биде вечно мој.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%B6_%D0%BC%D0%B8_%D0%B5_%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2448", "title": "Малкој моме цвеќе брало", "text": ":Малкој моме цвеќе брало [x2]\n:малкој моме, моме цвеќе брало\n:негде в’гора зелена. [x2]\n:Кај што брало, там заспало [x2]\n:кај што брало, брало там заспало\n:негде в’гора зелена. [x2]\n:Оздол иде лудо младо, [x2]\n:оздол иде, иде лудо младо\n:и на моме говори. [x2]\n:Стани, стани малој моме, [x2]\n:стани, стани, стани малој моме\n:цвеќето ти овена. [x2]\n:Ако вене, нека вене [x2]\n:ако вене, вене нека вене\n:друго ќе си наберам. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE", "word_count": 81, "cyrillic": 0.875}
{"id": "2457", "title": "Ми прела гора, ми ткала", "text": ":Ми прела гора, ми ткала\n:са зима болна лежала,\n:са зима болна лежала.\n:Кога на пролет станала,\n:тивко ми ветре поддувна,\n:пролетна песна запеја.\n:Сама се гора облекла,\n:сè во зелено кадифе,\n:сè во зелена долама.\n:Сè во зелено кадифе,\n:сè во зелена долама.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B0%2C_%D0%BC%D0%B8_%D1%82%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2458", "title": "Милето на Џајкови", "text": ":Милето на Џајкови\n:Васето на Васеви\n:Васе душо, Васе срце\n:ајде да се земиме.\n:Милето на Џајкови\n:оварда без пет пари\n:Васе, Васе, Васе душо\n:ајде да се земиме.\n:Од пуст офардалак\n:си го продал сетрето\n:Васе, Васе, Васе душо\n:ајде да се земиме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%8F%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2441", "title": "Магла падна нане", "text": ":Магла падна мамо,\n:по полето.\n:Тага мене мамо,\n:на срцето,\n:за едно моме, мамо,\n:во комшии.\n:Плет ни дели, мамо,\n:двориштата.\n:Ѕид ни дели, мамо,\n:чардаците,\n:китка дели, мамо,\n:образите.\n:Ил' ме жени, мамо,\n:ил' ме доми.\n:пуста младост, мамо,\n:не се трпи.\n:Не е огин, мамо,\n:да прегори.\n:Не е вода, мамо,\n:да претече.\n:Ако не ме жениш,\n:нит' ме домиш,\n:ќе се фрлам, мамо,\n:в матен Вардар.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%BB%D0%B0_%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B5", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2461", "title": "Митре Влао, тешко ранет", "text": ":Митре Влао, тешко ранет,\n:им се моли на другари:\n:- Ој другари, мили браќа,\n:подајте ми дулбијата,\n:да ја врла Вич планина,\n:да распула горе-долу.\n:Планините, долините,\n:и Баскарските Извори,\n:да се проста со Костурско,\n:и со цела Македонија,\n:да се проста со Костурско,\n:и со цела Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%BE%2C_%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE_%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2451", "title": "Марика на стол седеше", "text": ":Марика на стол седеше, оф, аман.\n:Марика на стол седеше,\n:љубовно писмо четаше,\n:дробни си солзи ронеше.\n:Мајка Марика прашаше, оф, аман.\n:Мајка Марика прашаше:\n:- Зошто, Марике, си плачеш,\n:зошто си читаш, ем плачеш?\n:Писмо сум, мајко, добила, оф, аман.\n:писмо сум, мајко, добила,\n:од бојно поле Солунско,\n:од мојто либе сакано.\n:Писмо ми пише либето, оф, аман.\n:Писмо ми пише либето,\n:либето ми е ранено\n:од тие клети душмани.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2462", "title": "Митро, Митро мори", "text": ":Митро, Митро мори,\n:Митро тага голема,\n:отруј се Митро мори\n:жива не ми оди.\n:Гола си, боса, Митро,\n:во жироко поле.\n:По жешкото сонце, Митро,\n:в' куќи вруќини.\n:Лето со лето Митро,\n:српот на рамо,\n:дете во раце Митро,\n:ручок на глава.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%2C_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2446", "title": "Македонки Билбилјанки", "text": ":Македонки Билбилјанки [х2]\n:качи се моме на коња дојди со мене,\n:двајцата да се земиме\n:не можам без тебе. [х2]\n:Велешанки стомничарки [х2]\n:качи се моме на коња дојди со мене,\n:двајцата да се земиме\n:не можам без тебе. [х2]\n:Прилепчанки тутунарки [х2]\n:качи се моме на коња дојди со мене,\n:двајцата да се земиме\n:не можам без тебе. [х2]\n:Битолчанки љубовџики [х2]\n:качи се моме на коња дојди со мене,\n:двајцата да се земиме\n:не можам без тебе. [х2]\n:Охриѓанки плашичарки [х2]\n:качи се моме на коња дојди со мене,\n:двајцата да се земиме\n:не можам без тебе. [х2]\n:А стружанки бели, ем црвени [х2]\n:качи се моме на коња дојди со мене,\n:двајцата да се земиме\n:не можам без тебе. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B8_%D0%91%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B8", "word_count": 128, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2464", "title": "Млад Гоце, млади војвода", "text": ":Млад Гоце, млади војвода\n:излегол да се прошета,\n:низ таја гора зелена,\n:кај едно ладно изворче.\n:Седнал да си почине,\n:водица да се напие.\n:Извадил медно кавалче,\n:засвирил Гоце, запеал.\n:Дружина ми го дочула,\n:сета дружина ја собрал.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2450", "title": "Маре мори Маре", "text": ":Маре мори Маре\n:а што бело переш!\n:А што бело переш,\n:а што црно носиш!\n:Дали мајка жалиш\n:или стари татко?\n:Или си го жалиш\n:твојто прво либе?\n:Ниту мајка жалам\n:ниту стари татко.\n:Туку си го жалам\n:мојто прво либе.\n:Војник ми отиде\n:време три години.\n:Коњот му се врати,\n:а него го нема.\n:Омажи се Маре,\n:Мене не ме чекај.\n:Јас се оженив\n:За црната земја.\n1 Поврзано\n* Партизанска верзија на песната\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B5", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2463", "title": "Митро моме", "text": ":Митро, Митро мори,\n:Митро, тага голема.\n:Ј' отруј се, Митро мори,\n:жива не ми оди.\n:Клето, са лето Митро,\n:гола, ем боса.\n:По жешкото сонце, Митро,\n:уки вруќини.\n:Ручок над глава, Митро,\n:српот на рамо.\n:С' дете в' раце, Митро,\n:по жешкото сонце.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2445", "title": "Македонка", "text": ":Вистина е мила мамо, вистина,\n:среќна сум мамо Македонка,\n:со душа и срце распеана,\n:на ден Илинден родена,\n:со душа и срце распеана,\n:Гоцева лична убавица.\n:Да пеам, да играм,\n:да горам, да бликам,\n:сè ќе сторам,\n:мајко да те имам.\n:Со тага и солзи,\n:во радост и песна ееејјј...\n:Дали сум Пиринка, Пиринка,\n:Егејка, Егејка, Вардарка, Вардарка,\n:јас сум, јас сум Македонка. /2\n:Вистина е мила мамо, вистина,\n:горда сум мамо Македонка,\n:со Пиринско цвеќе расцутена,\n:од Егејско сонце огреана,\n:со Пиринско цвеќе расцутена,\n:од Вардарска вода полеана.\n:Да пеам, да играм,\n:да горам, да бликам,\n:сè ќе сторам,\n:мајко да те имам.\n:Со тага и солзи,\n:во радост и песна ееејјј...\n:Дали сум Пиринка, Пиринка,\n:Егејка, Егејка, Вардарка, Вардарка,\n:јас сум, јас сум Македонка. /2\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 132, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2465", "title": "Многу ми го фалат, бабо", "text": ":Многу ми го фалат, бабо мори\n:вашето момиче.\n:Бабо мори, вашето момиче.\n:Кој го е видело, бабо мори,\n:сè болно легнало.\n:Бабо мори, во вашата куќа.\n:И јас да го видам, бабо мори\n:ако болен лежам.\n:Бабо мори, ако болен лежам.\n:Ако болен лежам, бабо мори\n:во вашата куќа.\n:Бабо мори, в' шарена одаја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83_%D0%BC%D0%B8_%D0%B3%D0%BE_%D1%84%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%2C_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%BE", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2467", "title": "Мој роден крај", "text": ":Збогум и прости мој роден крај\n:туѓина одам оставам рај.\n:Мој роден крај рајска градина\n:тешка е со тебе мој'та разделба.\n:Има на светов земји богати\n:ама ко тебе нема убави.\n:Мој роден крај рајска градина\n:тешка е со тебе мојта разделба.\n:Каде да одам пак ќе се вратам\n:тука сум роден, тука ќе умрам.\n:Мој роден крај рајска градина\n:тешка е со тебе мојта разделба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%98_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2460", "title": "Митра мома поповата", "text": ":Митра мома поповата,\n:најубава во селото.\n:Дошол шивач да ја бара,\n:попот ѓавол не ја дава.\n:Ој леле, леле, најубава,\n:ој леле леле, во селото.\n:Ој леле, леле, попот ѓавол,\n:ој леле, леле, не ја дава.\n:Не ја давам за шивачот,\n:Митра в' село да ми седи.\n:Ќе ја мажам за даскалот,\n:во град Митра да ми седи.\n:Ој леле, леле, најубава,\n:ој леле леле, во селото.\n:Ој леле, леле, во град Митра,\n:ој леле, леле, да ми седи.\n:Пројде време три години,\n:никој Митра не ја бара.\n:Тогаш викнал попадија,\n:а бре попе, џурумлија.\n:Ој леле, леле, што не ја даде,\n:ој леле леле, за шивачот.\n:Ој леле, леле, за шивачот,\n:ој леле, леле, во селото.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 122, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2468", "title": "Мома крај извор седеше", "text": ":Мома крај извор седеше\n:од рози венец плетеше\n:изворот брзо течеше\n:венецот вечно венеше.\n:Ах, како течит тој извор\n:така ми течат моите дни\n:ах како венит венецот\n:така ми венит младоста.\n:А штом ќе пукнит пролетта\n:и се' се живо распеват\n:пак ќе ме прашаш мене ти\n:колку ме мачит љубовта.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2471", "title": "Моме оди на вода", "text": ":Моме оди на вода [х3]\n:со две стомни шарени\n:Оф аман, аман.\n:И по неа беќарче [х3]\n:и на моме говори\n:оф аман, аман.\n:Постој моме почекај [х3]\n:да ти кажам два збора\n:оф аман, аман.\n:Да ти кажам два збора [х3]\n:два збора два изгора\n:оф аман, аман.\n:Не ѝ рече два збора [х3]\n:тук ја фати за рака\n:оф аман, аман.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2473", "title": "Момите мамо, момите", "text": ":Момите мамо, момите [х2]\n:момите, момите сите убави,\n:на знајат, не знајат\n:љубов да водат. [х2]\n:Дајте ги мамо, дајте ги [х2]\n:дајте ги, дајте ги\n:на ергените\n:момите, момите сите убави. [х2]\n:Ќе знаат мамо, ќе знаат [х2]\n:ќе знаат, ќе знаат\n:љубов да водат\n:момите, момите сите убави. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE%2C_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2456", "title": "Ми излегла Евда низ чаршија", "text": ":Ми излегла Евда низ чаршија\n:низ чаршија Евда низ града Струга\n:да ми бара баш терзија,\n:да ѝ сошие ајде срмен елек\n:да ѝ сошие срмен елек\n:срмен елек Евда за Велигден.\n:Добровечер Миле млад терзија\n:дали имаш многу за шиење?\n:Кажи пиле што ми сакаш\n:и да имам тебе не те враќам,\n:шуќур Господ ми те донесе,\n:ми заличи Евде дуќанчето.\n:Јас ќе шијам Миле срмен елек\n:направи ја Миле ти сметката,\n:колку пари ќе ми бараш\n:да ѝ кажам Миле на мајка ми? [х2]\n:За сметката Евде калај бива\n:лесно ќе се Евде погодиме,\n:за кроење милување,\n:за шиење Евде бакнување. [x2]\n:Затвори го Евде пенџерето\n:да запалам Евде ламбичето,\n:да те гледам за мерење\n:мера Евде пиле да ти земам. [x2]\n:Еј ти Миле аџамија\n:земај мера море ти од око\n:белки ќе е поубаво\n:и за мене Миле и за тебе. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8_%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BB%D0%B0_%D0%95%D0%B2%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B8%D0%B7_%D1%87%D0%B0%D1%80%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 151, "cyrillic": 0.98}
{"id": "2466", "title": "Може ли цвеќе без вода", "text": ":Ла, ла, ла, ла, ла\n:Ја излези девојче,\n:ај дојди си ти при мене\n:дур за друга не сум појден\n:ме слушна ли бре?\n:Ај од тука бегај ти\n:не губи си лудо време\n:на друго сум таксано\n:ме слушна ли бре?\n:Ќе дојдат утре по мене,\n:а јас ќе мислам на тебе\n:друга ќе имам крај себе\n:но, на мене бре лудо ќе мислиш.\n:Можеш ли лудо без мене\n:можам ли и јас без тебе\n:може ли цвеќе без вода\n:зелена гора без лисја?\n:Зар не помниш девојче\n:што зборевме двајцата ние\n:две лозници зелени\n:двајцана до гроб?\n:Што рековме речено\n:што било поминало бре\n:за друго сум таксано\n:бре фаќај си пат.\n:Ќе дојдат утре по мене,\n:а јас ќе мислам на тебе\n:друга ќе имам крај себе\n:но, на мене бре лудо ќе мислиш.\n:Можеш ли лудо без мене\n:можам ли и јас без тебе\n:може ли славеј без песна\n:може ли светот без сонце.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%B6%D0%B5_%D0%BB%D0%B8_%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5_%D0%B1%D0%B5%D0%B7_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 163, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2469", "title": "Мома оди за вода", "text": ":Мома оди за вода,\n:и беќаро по неа:\n:- Постој моме, почекај,\n:да ти речам до два збора.\n:Дејгиди моме убаво,\n:деј гиди севдо голема.\n:- Да ми дадиш тро вода,\n:да улада срцето.\n:Се измами момето,\n:му подаде стомнето.\n:Дејгиди моме убаво,\n:деј гиди севдо голема.\n:Тој не фати стомнето,\n:тук ѝ фати раката.\n:Ја префрли на коња,\n:ѝ го скрши прстено.\n:Дејгиди моме убаво,\n:деј гиди севдо голема.\n:Каку ветар вееше,\n:така коњот бегаше.\n:Како роса росеше,\n:така мома плачеше.\n:Дејгиди моме убаво,\n:деј гиди севдо голема.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2472", "title": "Моме седи на пенџере", "text": ":Моме седи на пенџере\n:аман, аман,\n:а момчето стои џанам\n:под пенџере.\n:Добро утро малој моме\n:аман, аман,\n:дал бог добро аман, аман\n:младо момче.\n:Што си толку поранило\n:аман, аман\n:поранило аман, аман\n:под пенџере?\n:Дал си сарав на парите\n:аман, аман\n:ил си сарав аман, аман на момите.\n:На момите аман, аман кратовчанки?\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D1%9F%D0%B5%D1%80%D0%B5", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2474", "title": "Момиче бело црвено", "text": ":Момиче бело црвено [2х]\n:не оди рано на вода, леле\n:не оди рано на вода.\n:Водата ти е далеку [2х]\n:бунарот преку Вардарот, леле\n:бунарот преку Вардарот.\n:Јас имам братче златарче\n:ќе дојди да ме разбуди, леле\n:ќе дојди да ме разбуди.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%87%D0%B5_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D1%86%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2475", "title": "Момче младо убаво", "text": ":Момче младо убаво [2х]\n:калешо Македонче\n:моиве очи прекрасни [2х]\n:секој ден те гледаат.\n:Сакаш, нејќеш да си моја\n:и да љубиш друг.\n:Животот е многу краток\n:на овој чуден свет.\n:Како вода течам јас\n:и за тебе моме ќе умрам\n:љубов моја дојди ми, сега ти\n:и ти живеј само со мене.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D1%87%D0%B5_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2479", "title": "Мори што си бевме големото друштво,", "text": ":Мори што си бевме големото друштво,\n:големото друштво - сите пијаници.\n:Кој војник појде, кој в' затвор ојде,\n:кој граница фати - назад не се врати.\n:Море ако дај Бог да се собериме,\n:горе Маркој Кули прле ќе печиме,\n:Прле ќе печиме, вино ќе пијаме,\n:вино ќе пијаме, моми ќе љубиме.\n:Моми ќе љубиме, моми Македонки,\n:моми Македонки - сите прилепчанки.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B8_%D0%B1%D0%B5%D0%B2%D0%BC%D0%B5_%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%B4%D1%80%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%BE%2C", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2477", "title": "Море доста оде, доста шета", "text": ":Море доста оде, доста шета,\n:џан Софилој моме.\n:Море доста ода, момчињата,\n:бело ле, без белило.\n:Море тие шо се оженати,\n:џан Софилој моме.\n:Море оставије невестите,\n:бело ле, без белило.\n:Море оставије невестите,\n:џан Софилој моме.\n:Море сосе нихни мошки деца,\n:бело ле, без белило.\n:Море тије шо се посвршени,\n:џан Софилој моме.\n:Море си вратије прстените,\n:бело ле, без белило.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B5%2C_%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0_%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2478", "title": "Море чичо рече", "text": ":Море чичо рече да ме жени,\n:море 'чера рече, сега нејќе.\n:Море 'чера рече, сега нејќе,\n:а па стрина Сава, ич не дава.\n:Море не даваше, не даваше,\n:море најпосле се сагласише.\n:Море најпосле се сагласише,\n:море ми згодише бела Неда.\n:Море бела, бела како арапка,\n:море т'нка, т'нка како мечка.\n:Море качеше ја на колата,\n:море, а колата прикрцаја.\n:Море, а колата прикрцаја,\n:море биволите примрцаја.\n:Море кога Неда потеглише,\n:море, до две даске се скршише.\n:Море, до две даске се скршише,\n:море, биволите с' уплашише.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D1%87%D0%B8%D1%87%D0%BE_%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B5", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2483", "title": "На сред село едно дрво", "text": ":На сред село едно дрво\n:едно дрво тополово\n:на него од сите страни\n:имињата напишани.\n:Меѓу нив е и моето\n:до името на момето\n:што го љубам и милувам\n:и во сонот го целувам.\n:Од година на година\n:расте дрво тополово\n:а на него имињата\n:израснаа се зближија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0_%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D1%80%D0%B2%D0%BE", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2487", "title": "Нарочува бело Менде, порочува", "text": ":Нарочува бело Менде, порочува:\n:„Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“.\n:Да си доеш, аџи Павле пред Петровден,\n:пред Петровден, аџи Павле, две недели.\n:Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден,\n:ќа го најеш бело Менде оможено.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%9C%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B5%2C_%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2485", "title": "Нани, нани Димче", "text": ":Нани, нани Димче,\n:у шарена лулка,\n:у бели пелени.\n:Димче ќе ми нани,\n:мама ќе го лула,\n:голем да порасне.\n:Голем да порасне,\n:да го ожениме,\n:од Солуна града.\n:Дуни, дуни ветре,\n:тивко јод морето,\n:Димче да успиеш,\n:голем да порасне.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D0%BD%D0%B8%2C_%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D1%87%D0%B5", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2490", "title": "Не ми го лажи Ѓорѓи момето", "text": ":Не ми го лажи Ѓорѓи момето, џанам,\n:момето ми е Ѓорѓи малечко.\n:Момето ми е Ѓорѓи малечко, џанам,\n:од седум-осумнаест години.\n:Не ти го лажам бабо момето, џанам,\n:оно се само лаже по мене.\n:Оно се само лаже по мене, бабо,\n:по мојта рамна снага висока,\n:по мојта руса коса кадрава.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D0%B3%D0%BE_%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2480", "title": "Мори моме, што не дојдеш", "text": ":Мори моме, што не дојдеш,\n:фустан да си земеш лудо.\n:Три години, лично моме, шиен фустан стои,\n:три години, лично моме, во дуќан ми стои.\n:Лудо младо, моме, оф шеќерлија,\n:лудо младо, моме, оф леблебија.\n:Море момче, ако дојдам,\n:фустан да си земам, лудо.\n:Ако в' дуќан ти влезам, како ќе излезам,\n:ако в' дуќан ти влезам, зло да не ме најде.\n:Лудо младо, моме, оф шеќерлија,\n:лудо младо, моме, оф леблебија.\n:Мори моме, ако дојдеш,\n:фустан да си земеш, лудо.\n:Ништо не ти чинам, лудо, само ќе те бакнам,\n:ако ми те бакнам, лудо, нема да си умреш.\n:Лудо младо, моме, оф шеќерлија,\n:лудо младо, моме, оф леблебија.\n:Море момче, ти терзиче,\n:многу скапо сакаш, лудо.\n:Венчај мене, младо момче, тогај ќе ме бакнеш,\n:фустан што ми сошле, лудо, невеста ќе носам.\n:Лудо младо, моме, оф шеќерлија,\n:лудо младо, моме, оф леблебија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B5_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5%D1%88", "word_count": 148, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2482", "title": "На врата стои дос", "text": ":На врата стои дос, на врата стои,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n:Паре си брои дос, паре си брои,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n:Коња да купи дос, коња да купи,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n:Таму да тера дос, таму га тера,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n:Моми да лаже дос, моми да лаже,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n:Горно маалки дос, горно маалки,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n:Све фалбаџики дос, све фалбаџики,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n:Све чорбаџике дос, све љубовџике,\n:ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0_%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D1%81", "word_count": 119, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2501", "title": "Низ корија зелена босо моме шета", "text": ":Низ корија зелена босо моме шета [х2]\n:еј моме ле моме босо е. [х2]\n:Ми нагази момето трнче чиникотче [х2]\n:еј моме ле моме босо е. [х2]\n:Никој нема мале ле трнче да извади [х2]\n:еј моме ле моме босо е. [х2]\n:Се нафати мале ле младото овчарче [х2]\n:еј моме ле моме босо е. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B8%D0%B7_%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D1%81%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2494", "title": "Не прибирај мајко стројници", "text": ":Не прибирај мила мајко стројници\n:а, а мила мајко ле,\n:јас си имам мила мамо\n:либе комшивче.\n:Комшивче ле мила мамо, комшивче\n:а, а мила мајко ле\n:едно лично лудо младо\n:терзивче.\n:Не дели ме мила мамо од него\n:а, а мила мајко ле\n:боса ќе бегам мамо\n:по него\n:а, а мила мајко ле\n:животот го давам мамо за него.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2491", "title": "Не ми седи коконо", "text": ":Не ми седи коконо\n:не ми седи достојно,\n:не ми седи мори\n:крај портите.\n:Ќе поминат коконо,\n:ќе поминат достојно,\n:ќе поминат мори\n:клети турци.\n:Ќе ти речат коконо,\n:ќе ти речат достојно,\n:ќе ти речат мори\n:потурчи се.\n:Ти да речеш коконо,\n:ти да речеш достојно,\n:Ти да речеш мори\n:не се турчам.\n:Не се турчам аго бре,\n:не се турчам бегу бре,\n:не се турчам\n:да загинам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8_%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2481", "title": "Мост ми ѕидат девет мајстора", "text": ":Мост ми ѕидат девет мајстора\n:девет мајстора, до девет браќа\n:мост ми ѕидат во Кратово\n:во Кратово на река Манцева\n:Дење го ѕидат, ноќе мост им паѓа\n:се опкладиле деветте браќа\n:која ќе снаа утре да дојде\n:ручек да донесе на мајсторите\n:нејзе ќе ја в' темел заѕидаме\n:да ни затрае мост на реката.\n:Вечерта кога дома дојдоа\n:сите им кажале на невестите\n:само не и кажа најмалото братче\n:он не и' кажа на Рада невеста.\n:Станала Рада ручек зготвила\n:ручек им однела на мајсторите\n:кога ја видело Радино момче\n:викнало оно на глас да плаче.\n:Кога ја фанаа Рада девери\n:ја заѕидаја во темели\n:Рада на девери милно се моли\n:барем остајте ми десната града.\n:Барем остајте ми десната града\n:за да си надојам машкото дете.\n:И оставија десната града\n:за да си надои Рада единче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D1%81%D1%82_%D0%BC%D0%B8_%D1%95%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0", "word_count": 142, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2488", "title": "Не виткај се Софче", "text": ":Не виткај се Софче, не крши се\n:како змија низ тревата,\n:ко риба низ водата.\n:Софче, алтан чедо на мајка\n:Софче, не ги гори ергените.\n:Кога на оро Софче заигруваш\n:како сонце огрејуваш,\n:без вино ме опиваш.\n:Софче, алтан чедо на мајка\n:Софче, не ги гори ергените.\n:Јас сиромав Софче, сам самувам\n:кога тебе те сонувам\n:окa вино испијувам.\n:Софче, алтан чедо на мајка\n:Софче, не ги гори ергените.\n:Не виткај се Софче, не крши се\n:како змија низ тревата,\n:ко' риба низ водата.\n:Софче, алтан чедо на мајка\n:Софче, не ги гори ергените.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D0%A1%D0%BE%D1%84%D1%87%D0%B5", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2496", "title": "Невесто калеш убава", "text": ":Невесто калеш мори убава,\n:што кротко одиш леле на вода.\n:На таја чешма леле студена,\n:со тие стомни леле шарени.\n:Дали тежат леле стомните\n:или ти тежит леле ѓерданот? [x2]\n:Нити ми тежат леле стомните,\n:ниту ми тежит леле ѓерданот.\n:Туку ми тежит леле меракот,\n:меракот ми е леле далеку.\n:Меракот ми е леле далеку,\n:во таја пуста леле Битола.\n:Во таја пуста леле Битола,\n:во тие темни леле зандани.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 0.986}
{"id": "2493", "title": "Не плачи Лено мори", "text": ":Не плачи Лено, мори, не жалај, де,\n:не рони с`лзи, мори, крвави.\n:Не топи сајаче шарено,\n:зар тука не е, мори, правено.\n:В Желево село мори предено,\n:в Желево село мори убаво.\n:В Желево село, мори, предено, де,\n:Неволени село, мори, ткаено.\n:Охридски извор, мори, белено,\n:на мермер камен, мори, чукано.\n:В Солуна града, мори, шиено.\n:Девет терзии, мори, го шиле, де,\n:триста си игли, мори, скршиле.\n:Товар си конци, мори, свршиле,\n:в Лерина града, мори, донесено.\n:И на Елена е дарено,\n:да носи Лена, мори, да пее.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8_%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2503", "title": "Од врв Пирин Планина", "text": ":Од врв Пирин Планина\n:очаен глас се слуша,\n:Македонија плачи. [2х]\n:Проклета и триклета\n:да бидиш ти Европо,\n:блуднице Вавилонска. [2х]\n:Французи, Англичани,\n:Италијанци и Немци,\n:сакаат да сме под ропство. [2х]\n:Од рода сум Славјанка,\n:земја со злато полна,\n:зато завижџет толку. [2х]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4_%D0%B2%D1%80%D0%B2_%D0%9F%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BD_%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2495", "title": "Не стој Доне, Донке", "text": ":Не стој Доне, Донке\n:не гледај ме [2х]\n:од гледање Донке фајде нема.\nРефрен:\n:Не стој Доне, Донке [2х]\n:не гледај ме, еј.\n:Не стој Доне, Донке\n:не гледај ме\n:од гледање Донке фајде нема.\n:Дани дуни, дани дунини [3х]\n:фајде нема.\n:Кога појдов Донке во Битола\n:во Битола Донке за Солуна. [2х]\nРефрен\n:Сите моми Донке ги заљубив\n:само тебе Донке те засакав.\nРефрен\n:Отврли си Донке ал шамија\n:да ти видам бело лице.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%B5%2C_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2498", "title": "Недалеку во Воден града", "text": ":Недалеку во Воден града,\n:на североисточна страна,\n:дружина е поседнала\n:на зелена рудина.\n:Пред дружина е ставено\n:рудо јагне печено,\n:чаша вино наполнета\n:на трева је клаена.\n:Секој пијат и се радвит,\n:едно срце благословлјат,\n:за дружина се напиват\n:слобода посакуват.\n:Сите дружно да се збијме,\n:Битола да се најме,\n:в' Цариграда да тргниме,\n:Македонија ослободиме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%83_%D0%B2%D0%BE_%D0%92%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2484", "title": "Назад Калино моме", "text": ":Назад, назад, Калино моме,\n:Немој да одиш по мене.\n:// Кај нас си има висока гора,\n:не ќе можеш да ја поминеш. //\n:Ќе се сторам јас сокол пиле\n:и пак кај тебе ќе дојдам.\n:// Гора ќе прелетам,\n:кај тебе ќе дојдам,\n:вечно твоја ќе бидам. //\n:Назад, назад, Калино моме,\n:немој да одиш по мене.\n:// Кај нас си има длабока река,\n:не ќе можеш да ја поминеш. //\n:Ќе се сторам јас мрена риба\n:и пак кај тебе ќе дојдам.\n:// Река ќе препливам,\n:кај тебе ќе дојдам,\n:вечно твоја ќе бидам. //\n:Назад, назад, Калино моме,\n:немој да одиш по мене.\n:// Кај нас си има убава жена\n:и две мали дечиња. //\n:Ќе се сторам јас црна чума\n:и пак кај тебе ќе дојдам.\n:// Жена ќе ти сотрам,\n:дечиња ќе чувам,\n:вечно твоја ќе бидам. //\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%B4_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 135, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2497", "title": "Невесто лична калеша", "text": ":Невесто лична калеша,\n:синоќа ти лафот чиневме\n:тебе млада да оставиме.\n:Девере, најмал девере\n:каква ми мана најдовте\n:мене млада да оставите?\n:Невесто лична калешо,\n:девет години, в' десетта,\n:каму ти лулка до тебе\n:и в' лулка машко детенце?\n:Девере, најмал девере,\n:девет години, в' десетта,\n:постела не сум послала,\n:со момче не сум легнала.\n:Дека што пие, там спие,\n:дење и ноќе не иде,\n:името ми е невеста,\n:на срце сум си девојка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2506", "title": "Одам, одам мајчице", "text": ":Штом ќе блеснат први зраци\n:мајко разбуди ме, моја\n:пат ме чека далечен сега\n:дал ќе се вратам јас дома.\nРефрен:\n:Одам, одам мила мајчице\n:в тугина одам ќе бидам сама. [2х]\n:Барам малку среќа јас\n:судбата дал' ќе ми даде\n:тој ме чека не знам ни сама\n:дал' ќе се вратам јас дома.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%D0%B0%D0%BC%2C_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B8%D1%86%D0%B5", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2499", "title": "Немам мило, немам драго", "text": ":Немам мило, немам драго,\n:нит пак сакам ти да знајш,\n:како бродот без кормило,\n:јас ќе скитам по светот.\n:Ќе си скитам јас езера,\n:без надежи, без љубов,\n:дури јас не си го најдам,\n:денес мојот студен гроб.\n:По полиња, по горите,\n:кај ќе стигнам, ќе спијам,\n:ќе се влечкам по тревите\n:и по полските цвеќа.\n:Ќе се качам на Венера,\n:на најсветлата ѕвезда,\n:ќе ѝ кажам јас на неа,\n:што сум патил по светот.\n:Ќе се качам в' парахода\n:и ќе викнам с' голем глас:\n:„Збогум мила, збогом драга,\n:јас ќе одам далеку“.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BC_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE%2C_%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BC_%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%BE", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2504", "title": "Од кога е зора зазорила", "text": ":Од кога е, мила моја мајчице,\n:зора зазорила, мила моја мајчице,\n:зора зазорила.\n:Од тогаш е, мила моја мајчице,\n:војска заврвела, мила моја мајчице,\n:војска заврвела.\n:Сабјите им светат, мила моја мајчице,\n:како јасно сонце, мила моја мајчице,\n:како јасно сонце.\n:Бајрактар им беше, мила моја мајчице,\n:мојто верно либе, мила моја мајчице,\n:мојто верно либе.\n:Ќе се борат, мила моја мајчице,\n:за Македонија, мила моја мајчице,\n:за Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4_%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B5_%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B0", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2502", "title": "Огин го гори Брезово", "text": ":Огин го гори Брезово,\n:Македонијо, Македонијо.\n:Ордан со чета навлегол, Македонијо\n:во поробено Брезово.\n:И на дружина говори, Македонијо:\n:„Станете браќа, не спијте.\n:Земете бомби, куршуми,\n:со душман ќе се биеме“.\n:Ордан на чета говори,\n:Македонијо, Македонијо:\n:„Земајте бомби, куршуми,\n:тиран сомлете,\n:слобода да добиеме“.\n:Грмеа бомби, куршуми, Македонијо,\n:крвава борба започна.\n:И викна Ордан војвода:\n:„Го зазедовме Брезово“!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B3%D0%B8%D0%BD_%D0%B3%D0%BE_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%91%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%BE", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2507", "title": "Одиш ти", "text": ":Сите песни, сите ѕвезди\n:сите очи плачат што те нема\n:сите цветој, сите лисја,\n:сите реки носат тажни води.\n:Али, али\n:стојам сама јас во дворој\n:али стојам сама, али јас во дворој\n:срце капат твојте зборој.\n:Одиш ти, одиш ти\n:и ми оставаш празни дни\n:но и ти ќе си сам\n:кому соништа јас да дам.\nРефрен\n:Малку надеж да ми дадеш\n:за да слеам в срце две-три траги\n:како песна, како пролет\n:да те чекам преку сите таги.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%D0%B8%D1%88_%D1%82%D0%B8", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2508", "title": "Одоздола иде, бабо", "text": ":Одоздола иде, бабо мори,\n:одоздола иде,\n:одоздола иде, бабо мори,\n:едно лудо младо.\n:Бела коња јава, бабо мори,\n:бела коња вјава,\n:бела коња вјава, бабо мори,\n:со пушка на рамо.\n:Право, право оди, бабо мори,\n:право, право оди,\n:право, право оди, бабо мори,\n:на нашата порта.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%B8%D0%B4%D0%B5%2C_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%BE", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2510", "title": "Ој Вардаре македонски", "text": ":Среде Скопје Вардар врви\n:Вардар река распеана.\n:Ој, Вардаре Македонски\n:од Извора дур до Солуна.\n:Ој, Вардаре Македонски\n:ти ја красиш Македонија.\n:Твојте градој како бисери\n:ти закитиле брегови.\n:Ој, Вардаре Македонски...\n:Лути рани на јунаци\n:твојта вода ги лекува.\n:Ој, Вардаре Македонски...\n:Каде Вардар поминуваш\n:среќа, радост донесуваш.\n:Ој, Вардаре Македонски...\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2492", "title": "Не оди Сефер село Карбуница", "text": ":Нели ти реков, седи не оди,\n:седи не оди, село Карбуница?\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре, клето Турче, бре.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре клети арамија.\n:Не оди Сефер село Карбуница,\n:село Карбуница горе Ѓурчевица.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре, клето Турче, бре.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре клети арамија.\n:Таму ми те чекат славните комити,\n:славните комити, сè одбор јунаци.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре, клето Турче, бре.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре клети арамија.\n:Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,\n:глава ќе ти сечат арамиска.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре, клето Турче, бре.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре клети арамија.\n:Ќе ти пресечат глава до рамена,\n:глава до рамена, нозе до колена.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре, клето Турче, бре.\n:Бре Сефер, аго бре,\n:бре клети арамија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%A1%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B1%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 135, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2505", "title": "Од умот се поизгубив", "text": ":Од умот се поизгубив з' едно лично девојче,\n:пет години го милував,\n:па се страмев, па се срамев да ѝ речам.\n:Оди мајко проговори, скришем, скришем да ѝ речиш,\n:оди мајко проговори,\n:скришем, скришем, скришем, скришем да ѝ речиш.\n:Збогум синко, мили синко, јас ќе одам да ѝ речам.\n:Добро јутро мила ќерко.\n:Дал бог добро, дал бог добро стара мајко.\n:Син ми ќерко те милувал па се срамел да ти речит,\n:син ми ќерко те милувал,\n:па се срамел, па се страмел да ти речит.\n:Кога син ти ме милувал, заш не казал од порано?\n:Кога син ти ме милувал,\n:з'ш не кажал, з'ш не кажал од порано?\n:Сега си сум посвршено з' едно лично ергенче,\n:сега си сум посвршено,\n:з'едно лично, з'едно лично охриѓанче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4_%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%B2", "word_count": 135, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2489", "title": "Не лажете се другарки", "text": ":Не лажете се другарки\n:љубов да водите,\n:љубовта е отровна\n:отровен беше и тој.\n:На улицата го сретнав,\n:со друга стоеше\n:со грбот ми се обрна\n:и тивко ми рече.\n:Јас си заљубив друго,\n:заљуби си и ти.\n:Писмата твои ги изгорев,\n:изгори ги и ти.\n:Од тука право си дома\n:на мама ѝ кажав.\n:Запалив силен оган\n:писмата ги изгорив.\n:Од дома право си тргнав\n:во Рилскиот манастир.\n:Облеков црната руба\n:до црната земја.\n:Излегов да се прошетам\n:и него го видов,\n:со грбот му се обрнав\n:и тивко му реков.\n:Познаваш ли ме познаваш\n:која калуѓерка сум?\n:Јас сум калуѓерката\n:што верно те љубеше.\n:Тогај се земја затресе\n:и небо загрми,\n:двајца се прегрнавме\n:и мртви паднавме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2515", "title": "Ој љубов, љубов", "text": ":Ој љубов, љубов, љубов безнадежна,\n:ој љубов, љубов, љубов безнадежна.\n:Ја стани, стани прва веренице,\n:да те прегрнам за последен пат.\n:Не можам либе, не можам да станам,\n:црната земја голема тежина.\n:Црните очи змија ги испила,\n:в' русата коса гнездо направила.\n:Ја стани, стани, прва веренице\n:да те прегрнам за последен п'т. [2х]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2%2C_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2512", "title": "Ој девојче бело и црвено", "text": ":Ој девојче бело и црвено\n:како тебе моме нигде не најдов.\n:Каква мајка беше\n:тебе што те роди\n:тебе што те роди\n:толку убава?\n:Дали си Гркинка\n:или Македонка,\n:цел свет да се чуди\n:на твојта убост?\n:Мојта мајка беше\n:лична симпатична,\n:и мене ме роди\n:уште полична.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%B8_%D1%86%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2513", "title": "Ој девојче, девојче", "text": ":Ој девојче, девојче,\n:ти тетовско јаболче.\n:Покажи белото лице,\n:сакам да го видам јас.\n:Море момче, бре будало,\n:убаво јабанџиче.\n:На фурна бело симитче\n:зарем не си видел ти?\n:Ој девојче, девојче,\n:ти тетовско јаболче.\n:Покажи црните очи,\n:сакам да ги видам јас.\n:Море момче, бре будало,\n:убаво јабанџиче.\n:В' чаршија црните веѓи\n:зарем не си видел ти?\n:Ој девојче, девојче,\n:ти тетовско јаболче.\n:Покажи т'нката снага,\n:сакам да ја видам јас.\n:Море момче, бре будало,\n:убаво јабанџиче.\n:В' градина т'нка топола\n:зарем не си видел ти?\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5%2C_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2500", "title": "Нешто ќе те прашам сине", "text": ":Нешто ќе те прашам сине\n:право да ми кажеш.\n:Право да ми кажеш сине,\n:без да ме излажеш.\n:Зошто сине болен лежиш,\n:време три години?\n:Време три години,\n:па и шест месеци?\n:Штом ме прашаш стара мајко,\n:право ќе ти кажам.\n:Право ќе ти кажам мајко,\n:без да те излажам.\n:Кога си бев стара мајко,\n:на млади години,\n:арамија шетав мајко\n:по Боишки планини.\n:На пат сретнав стара мајко,\n:момче и девојче.\n:В раце си држеа стара мајко,\n:едно машко дете.\n:Јас им реков стара мајко,\n:оган да запалат.\n:Оган да запалат стара мајко,\n:дете да испечат.\n:Кога го печеа мајко\n:мене ме гледаа.\n:Кога го јадеа мајко,\n:мене ме колнеа.\n:Зато сум ти стара мајко\n:толку болен, лежам.\n:Време три години,\n:па и шест месеци.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%9C%D0%B5_%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D0%BC_%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B5", "word_count": 131, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2514", "title": "Ој кажи, кажи моме Калино", "text": ":Ој кажи, кажи моме Калино,\n:што ти се јаде?\n:Мене ми се јаде печена погача,\n:од мома замесена.\n:Ој кажи, кажи моме Калино,\n:што ти се јаде?\n:Мене ми се јаде печена кокошка,\n:уште непроносила.\n:Ој кажи, кажи моме Калино,\n:што ти се пие?\n:Мене ми се пие тригодишно вино,\n:три пари преточено.\n:Ој като зема дренова тојага,\n:уште неокастрена,\n:три пати ќе удра, един пат ќе броја,\n:па да видим' што ти се пие!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B8%2C_%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2511", "title": "Ој винце голо", "text": ":Винце, ле, винце,\n:златно именце.\n:Кој те тебе љуби,\n:капа да си губи.\n:Еј, винце голо,\n:ми продаде волот.\n:На мене еден,\n:на брата ми двата.\n:Винце, ле, винце,\n:златно именце.\n:Кој те тебе пие,\n:по сокаци спие.\n:Кој те тебе сака,\n:по сокаци скака.\n:Винце, ле, винце,\n:златно именце.\n:Кој те тебе пие,\n:без невеста спие.\n:Кој по тебе ита,\n:по меани скита.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%BE", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2516", "title": "Ој Месечино, новино", "text": ":Ој Месечино, новиној, леле,\n:јасно да грејеш мори, вечерва.\n:Јасно да грееш вечервај леле,\n:по бела Јана, леле, ќ' одиме.\n:Кога по Јана ојдовме, лелеј,\n:вишни ем црешни, леле, ц'теја.\n:Вишни ем цреши цатеја, леле,\n:бели пченици леле, класеја.\n:Бели пченици класеа, леле,\n:и в' зори вода, мори, течеја.\n:Кога се назад враќавме, леле,\n:вишни ем цреши, леле, обрале.\n:Вишни ем цреши обрале, леле,\n:бели пченици, леле, ожнале.\n:Бели пченици ожнале, леле,\n:и в' зори вода, леле, секнале.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%9C%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2517", "title": "Ој моме, малој моме", "text": ":Ој моме, малој моме,\n:блазе си ти на душата.\n:Како спиеш при мајка ти,\n:при мајка ти, при татко ти.\n:А пак јаска, јас сиромав,\n:сам легнувам, сам станувам.\n:На полноќ се разбудувам,\n:тебе моме не најдувам.\n:Тебе моме не најдувам,\n:па перница прегрнувам.\n:Дребни солзи проронувам,\n:младоста си проколнувам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1974", "title": "Закон за државна статистика на Република Македонија", "text": "::::::::::::::::::::I. ОПШТИ ОДРЕДБИ\n::::::::::::::::::::Член 1\nСо овој закон се уредува поставеноста и работата на државната статистика, методолошките и организациски основи на статистичките истражувања, прибирањето, обработката, презентирањето, чувањето, заштитата и давањето на статистички податоци.\n::::::::::::::::::::Член 2\nДржавната статистика е стручна независна дејност која врз база на научни основи, на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, јавните служби, јавноста и другите корисници им обезбедува податоци за состојбата и движењето на економијата, човековите ресурси, демографијата, заштитата на животната средина и природата и другите области.\n::::::::::::::::::::Член 3\nОдделни термини и изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:\nПод статистичко истражување се подразбира: подготовка, прибирање, обработка, складирање и чување на податоците, анализа и искажување на статистичките податоци за појавите од областите наведени во член 2 од овој закон.\nПод извештајна единица се подразбираат носителите на збирки на податоци, правните и физички лица кои се утврдени како даватели на податоци.\nПод прибирање на статистичките податоци се подразбира концентрација на одговорите содржани во статистичките прашалници, обрасци, анкетни документи и информациите содржани во другите медиуми со податоци од областите наведени во член 2 од овој закон.\nПод збирка на податоци се подразбираат регистрите утврдени со закон, евиденциите утврдени со закон или општите акти врз основа на закон, бази и банки на податоци што се водат врз основа на јавни и други овластувања.\nПод база на податоци се подразбираат збирки на податоци уредени по одредени правила и стандарди со пропишан начин на водење, ажурирање и рокови на чување од носителот на базата.\nПод идентификациони податоци се подразбираат оние индивидуални податоци кои овозможуваат директна идентификација на правното или физичкото лице, а се однесуваат на името и презимето, адресата и единствениот идентификационен број кој се води согласно со прописите.\nПод индивидуални податоци се подразбираат податоците кои се однесуваат на правно или физичко лице.\nИндивидуалните податоци кои се однесуваат на физичко лице претставуваат лични податоци.\nПод посебни категории на лични податоци се подразбираат лични податоци кои го откриваат расното или етничкото потекло, политичкото, верското или друго уверување, членството во синдикална организација и податоци кои се однесуваат на кривични дела, изречени казни за извршени кривични дела и податоци кои се однесуваат на здравјето или сексуалниот живот.\nПод корисник на податоци се подразбираат сите правни и физички лица кои имаат потреба од статистички податоци.\nПод програма за статистички истражувања се подразбира акт со кој се утврдуваат статистичките истражувања за повеќегодишен период во согласност со овој закон;\nПод дисеминација на податоци се подразбираат активностите за презентирање на резултатите од статистичката продукција и обезбедување пристап на корисниците до статистичките податоци, во форма и на начин соодветен за корисниците;\nПод статистички рагистри се подразбираат номинални листи на извештајни единици кои континуирано се ажурираат од сите достапни извори и се користат исклучиво за статистички цели;\nПод овластени носители се подразбираат: Државниот завод за статистика, Народна банка на Република Македонија и други субјекти наведени во Програмата за статистички истражувања, кои во прибирањето, обработката и дисеминацијата на податоците применуваат статистички стандарди, методи и техники;\nПод носители на административни збирки на податоци се подразбираат правни и физички лица кои ги водат врз основа на посебни закони и ги користат за утврдување на правата и обврските на правните и на физичките лица.\n::::::::::::::::::::Член 4\nДржавната статистика се спроведува според начелата на неутралност, објективност, стручна независност, доверливост и рационалност.\n::::::::::::::::::::Член 5\nНачелата од член 4 на овој закон го имаат следново значење:\n-”неутралност” значи објективен начин на одредување на методите и дефинициите на прибирање, обработка и дисеминација на статистичките податоци, ослободен од какво било влијание;\n-”објективност” значи обезбедување на објективни статистички информации со примена на статистички методологии и соодветна документација;\n-”стручна независност” значи дека работите на официјалната статистика мора да се вршат врз основа на стручни и научни методи и сознанија и мора да бидат заштитени од какво било влијание;\n-”доверливост” значи дека доверливоста на податоците кои се прибираат од извештајните единици преку статистичките истражувања е апосолутно загарантирана и податоците се користат исклучиво за статистички цели и\n-”рационалност” значи минимизирање на товарот на извештајните единици и оптимално користење на постоечките ресурси на начин што вложениот труд и трошоците кои се потребни за производство на официјалната статистика треба да бидат пропорционални на важноста на резултатите.”\n::::::::::::::::::::II.ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ НА ДРЖАВНАТА СТАТИСТИКА\n::::::::::::::::::::Член 6\nОсновните задачи во извршувањето на дејноста на државната статистика ги врши Државниот завод за статистика (во натамошниот текст: Завод), во соработка со извештајните единици, како и со добивање на статистички податоци од збирки на податоци.\nОдделни статистички истражувања спроведуваат и:\n-Народната банка на Република Македонија и\n-други субјекти наведени во Програмата за статистички истражувања (во натамошниот текст :овластени носители).\nСтатистичките истражувања што ги спроведуваат овластените носители од став 2 на овој член, се утврдуваат во Програмата за статистички истражувања .\n::::::::::::::::::::Член 7\nОвластените носители во врска со статистичките истражувања што ги спроведуваат во согласност со Програмата за статистички истражувања (во натамошниот текст: Програма), ги вршат следните работи:\n*- ги подготвуваат методолошките основи за статистичките истражувања, во согласност со член 17 од овој закон;\n*- ги подготвуваат инструментите за реализација на истражувањето;\n*- вршат обработка и објавување на резултатите од статистичките истражувања;\n*- вршат и други работи утврдени со овој Закон.\n*1. Државен завод за статистика\n::::::::::::::::::::Член 8\nЗаводот е стручна, самостојна, управна организација со надлежности утврдени со овој и друг закон.\nВо Заводот се организираат регионални одделенија на територија на Република Македонија.\nБројот на регионалните одделенија ќе се утврди со актот за организација и работа на Заводот.\nЗаводот има својство на правно лице.\n::::::::::::::::::::Член 9\nЗаводот во рамките на своите надлежности ги врши следниве стручни работи:\n- ги подготвува инструментите за статистички истражувања;\n- прибира и обработува статистички податоци;\n-врши анализа на статистичките податоци и толкување на резултатите од статистичките истражувања;\n- ги исполнува меѓународните обврски во областа на статистиката;\n- ги утврдува потребите од статистички податоци;\n- ги чува, презентира и посредува при давањето на статистичките податоци;\n- соработува со овластените носители кои вршат статистички истражувања од областа на државната статистика во рамките на својата надлежност;\n- на овластените носители им дава мислење за методолошки основи согласно со член 17 од овој закон;\n- дава мислење при воведување нови и дополнување на постојните збирки на податоци кои можат да бидат извор на податоци за државната статистика;\n- пропишува организационо-технички мерки за заштита на индивидуалните податоци;\n- дава иницијативи и предлози за содржинско дополнување на постојните евиденции и регистри кои во согласност со закон и Програмата се користат за статистичките истражувања;\n- подготвува статистички прогнози, трендови и модели;\n- врши услуги во областа на статистиката за потребите на корисниците по нивно барање;\n- воспоставува, води и одржува статистички збирки на податоци;\n-развива методи и техники за заштита на индивидуалните податоци и прикажување на резултатите од статистичките истражувања;\n-ги пропишува, унапредува и усогласува методолошките основи за статистичките истражувања;\n- самостојно и во соработка со други носители реализира проекти од областа на државната статистика;\n- воспоставува, води и одржува статистички регистри и бази на податоци;\n- врши популаризација на статистиката и\n- врши и други работи утврдени со овој и друг закон.\n::::::::::::::::::::Член 10\nСо Заводот раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија за време од четири години, со право повторно да биде именуван.\nДиректорот на Заводот има заменик кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија за време од четири години.\nЗа директор, односно заменик на директорот, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:\n-да е државјанин на Република Македонија;\n-да е истакнат научен и стручен работник од областа на статистиката, економијата, општествените дејности и политичкиот систем со најмалку пет години работно искуство во струката и\n-да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.\nНа директорот или на заменикот на директорот функцијата може да му престане со негово разрешување или во случај на смрт.\nДиректорот, односно заменикот на директорот се разрешува, ако:\n-тоа сам го побара,\n-биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор во траење од најмалку шест месеца и\n-поради нестручно, пристрасно и несовесно вршење на функцијата и надлежностите кои му се доверени со закон.\n::::::::::::::::::::Член 11\nДиректорот на Заводот е одговорен за одлучување за прашања кои се однесуваат на стручно-методолошките прашања на државната статистика, а особено на :\n-содржината и методологијата на статистичките активности и\n-опфатот и видот на податоците кои се прибираат и дисеминираат врз основа на Програмата.\nДиректорот на Заводот има право на јавно соопштување во случај на погрешно толкување или злоупотреба на статистичките податоци.\n::::::::::::::::::::2. Совет за статистика на Република Македонија\n::::::::::::::::::::Член 12\nСе основа Совет за статистика на Република Македонија (во понатамошниот текст: Совет) како стручно, советодавно тело за државната статистика.\n::::::::::::::::::::Член 13\nСоветот е составен од претседател и 12 членови кои ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија .\nПретседателот и другите членови се претставници на:\n-Собранието на Република Македонија од редот на вработените, со звање најмалку до државен советник - еден член;\n-Министерството за финансии - еден член;\n-Народната банка на Република Македонија - еден член;\n-Заедницата на единиците на локалната самоуправа - еден член;\n-економско социјалниот совет - еден член;\n-невладините организации - еден член;\n-овластените носители - два члена ;\n-научните институции - три члена и\n-органите на државната управа - два члена.\nНа седниците на Советот присуствува и директорот на Заводот.\nЧленовите на Советот се именуваат за период од четири години.\nЗаводот ги врши административно-техничките работи за потребите на Советот.\n::::::::::::::::::::Член 14\nСоветот ги врши следните работи:\n- расправа за појдовни основи за Програмата;\n- дава мислење по Предлогот за донесување на програмата;\n-дава сугестии и предлози по методолошките основи за статистичките истражувања на Заводот и овластените носители;\n- дава предлози за измени и дополнувања на Програмата до Заводот;\n- дава мислење за предложените измени и дополнувања на Програмата;\n- дава мислење за Годишниот извештај на Заводот за реализација на Програмата;\n- дава мислење и предлози по закони и други прописи од областа на државната статистика;\n- предлага модернизација и рационализација на државната статистика;\n- предлага унапредување на меѓународната соработка во областа на статистиката;\n-за својата работа, Советот, поднесува Годишен извештај до Собранието на Република Македонија и\n- донесува Деловник за својата работа.\n::::::::::::::::::::Член 15\nДиректорот на Заводот може да формира комисии за одредени области (во натамошниот текст: комисии).\nКомисиите од став 1 од овој член се составени од стручни лица кои даваат стручна помош во развојот на статистичките методологии, номенклатури, стандарди и слично.\n::::::::::::::::::::III.МЕТОДОЛОШКИ ОСНОВИ НА СТАТИСТИЧКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА\n::::::::::::::::::::Член 16\nМетодолошките основи за статистичките истражувања содржат:\n- избор на извештајните единици;\n- задолжителна содржина на статистичкото истражување;\n- дефиниции, стандарди и слично кои ќе се применуваат при спроведувањето на статистичкото истражување;\n- известување за обврската за задолжително давање на податоците или не и\n- структура и степен на агрегираност на податоците на статистичкото истражување.\n::::::::::::::::::::Член 17\nМетодолошките основи за статистичките истражувања ги утврдува Заводот, односно овластените носители.\nМетодолошките основи кои не се усогласени со меѓународно прифатените норми и стандарди ги донесуваат овластените носители по претходно мислење од Заводот.\nЗаводот е должен, во рок од 15 дена по приемот на барањето да даде мислење по предложените методолошки основи од овластениот носител.\n::::::::::::::::::::Член 18\nМетодолошките основи за статистичките истражувања утврдени со Програмата, се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија” .\n::::::::::::::::::::Член 19\nДржавните органи и други носители на збирки на податоци, при нивно воспоставување или дополнување со податоци, доколку тие ке се користат и за статистички истражувања, прибавуваат писмено мислење за методолошките основи од Заводот.\nЗаводот во случаите од став 1 на овој член е должен да даде мислење во рок од 15 дена од приемот на барањето.\n::::::::::::::::::::Член 20\nПри реализацијата на статистичките истражувања се користат единствени стандарди кои опфаќаат: класификации и номенклатури.\nСтандардите од став 1 на овој член ги утврдува Владата на Република Македонија и се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија” .\n::::::::::::::::::::Член 21\nЕдинствените идентификации на евиденциите и регистрите содржат:\n- определување на единиците на евиденцијата, односно единиците на регистрите;\n- еднозначни идентификации;\n- методологии на водење и одржување;\n- функција на поврзување;\n- основи на заштитата на податоците и информациите;\n- податоци за единиците на евиденцијата и друго.\nПри спроведувањето на статистичките истражувања се користат единствените идентификации, евиденции и регистри утврдени со закон или општ акт.\n::::::::::::::::::::IV. ПРОГРАМА ЗА СТАТИСТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА\n::::::::::::::::::::Член 22\nПрограмата за статистички истражувања ја донесува Владата на Република Македонија.\nПредлогот за донесување на Програмата го подготвува Заводот во соработка со овластените носители.\nПрограмата се донесува за период од пет години, а по потреба се менува и дополнува годишно.\nПрограмата се објавува во “Службен весник на Република Македонија” .\n::::::::::::::::::::Член 23\nЗа реализација на Програмата Заводот поднесува Годишен извештај до Владата на Република Македонија до 31 мај во тековната за претходната година.\nОвластените носители се должни до Заводот да доставуваат податоци за изготвување на Годишниот извештај до 31 март во тековната за претходната година.\nЧлен 24\nСо Програмата се утврдуваат:\n- називот и ознаката на статистичкото истражување;\n- содржината на статистичкото истражување;\n- извештајните единици;\n-периодиката на статистичкото истражување (месечна, тримесечна, полугодишна, годишна, повеќегодишна);\n- критичниот момент или периодот на статистичкото истражување;\n-рокот во кој треба да се дадат податоците;\n- релевантните меѓународни стандарди;\n- називот на носителот кој го спроведува статистичкото истражување;\n- роковите во кои треба да се изврши обработка и објавување на податоците и\n- податоците што задолжително се објавуваат ;\nЧлен 25\nСпроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите и Пописот на земјоделството се уредува со посебни закони.\nV. ЗБИРКИ НА ПОДАТОЦИ\nЧлен 26\nЗа порационално извршување на Програмата како и за другите потреби во согласност со овој закон, Заводот користи податоци од збирките на податоци.\nЧлен 27\nЗбирки на податоци можат да се користат како извори на податоци за статистичките истражувања во сите случаи, доколку се обезбеди заштита на податоците согласно овој закон, освен ако со законот со кој се воведени не е стриктно уредено дека тие податоци не можат да се користат за статистички цели.\nНосителите на збирките на податоци утврдени со закон, се должни на Заводот да му ги обезбедат податоците кои се содржани во збирките, а се неопходни за реализација на статистичките истражувања.\nПо преземањето на податоците од збирките на податоци Заводот овие податоци, заедно со претходно прибраните, ги обликува, складира и чува во своите бази на податоци.\nVI\nЧлен 28\nСТАТИСТИЧКИ РЕГИСТРИ\nЗаводот користи податоци од административни збирки на податоци, пописи, статистички истражувања и податоци собрани преку методот на набљудување и следење, заради организирање и водење на статистички регистри.\nЗаводот има право да ги прилагоди податоците добиени од административните збирки на податоци заради нивно усогласување со дефинициите и стандардите кои ги користат за статистичките регистри кои ги води.\nСодржината, формата, како и начинот на водењето и користењето на податоците од статистичките регистри од ставот 1 на овој член се уредуваат со Правилник кој го донесува директорот на Заводот.\nЧлен 29\nПодатоците од статистичките регистри не смеат да се даваат на корисници во облик и на начин кој овозможува препознавање на извештајната единица на која се однесуваат тие податоци.\nЧлен 30\nПодатоците од статистичките регистри исклучиво се користат за статистички цели\nПод статистичка цел во смисла на ставот 1 од овој член се подразбира користење на податоците од статистичките регистри заради селекција на извештајните единици за статистички истражувања и за избор на примерок.\nВИИ. ПРИБИРАЊЕ, ОБРАБОТКА И ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ\nЧлен 31\nИзвештајните единици се должни на Заводот да му достават статистички податоци, утврдени во согласност со закон и Програмата, без надомест.\nИзвештајните единици се должни за податоците, што треба да ги обезбедат за статистичките истражувања, да водат соодветна евиденција.\nЗа водењето и содржината на евиденциите од став 2 на овој член Заводот е должен да ги информира извештајните единици пред започнувањето на роковите за кои се однесуваат податоците.\nИзвештајните единици при водењето на збирки на податоци, кои се користат и за статистички истражувања, ги применуваат единствените стандарди.\nПодатоците за статистичките истражувања се прибираат преку статистички прашалници, обрасци, непосредно преземање на податоците од соодветните документи на извештајната единица или од збирките на податоци.\nПодатоците за статистичките истражувања покрај на начинот утврден во ставот 5 на овој член можат да се прибираат и во електронски облик.\nЧлен 32\nПред прибирањето на податоците, Заводот и овластените носители мора да ги запознаат извештајните единици со следново:\n- законската основа за прибирање на податоците;\n- целта за која се прибираат податоците;\n- името на органот што ќе ги прибере и обработи податоците;\n- заштитата на податоците;\n- опфатот и начинот на прибирање на податоците;\n- дали постои задолжителна обврска за давање на податоците.\nЧлен 33\nНа статистичките обрасци и другите инструменти за спроведување на статистичкото истражување задолжително се наведува:\n- правниот основ за извршување на статистичкото истражување;\n- називот на носителот кој е надлежен за спроведување на статистичкото истражување;\n- називот и содржината на статистичкото истражување и\n- обврска за заштита на податоците.\nЧлен 34\nНа лицата кои се определени непосредно да ги приберат податоците од извештајната единица во својство на анкетари, проценители, попишувачи и други, и на лицата кои се определени да извршат контрола на податоците од извештајната единица, директорот на Заводот им издава писмено овластување.\nПисменото овластување од став 1 на овој член ги содржи следните податоци: име и презиме на лицето, единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ), адреса на живеење, назив на статистичкото истражување за кое е овластен да ги прибере, односно провери податоците, обврска за заштита на податоците и рок за кој важи овластувањето.\nПисменото овластување од став 1 на овој член важи само со лична карта и лицето е должно пред прибирањето или контролата на статистичките податоци да го покаже на извештајната единица.\nЧлен 35\nИзвештајните единици, кои според Програмата имаат обврска да ги дадат податоците, се должни на Заводот во одреден рок да му дадат целосни и точни податоци.\nДоколку податоците не се целосни, точни или се неправилно подготвени извештајните единици се должни повторно да ги пополнат или дополнат.\nЧлен 36\nЗа статистичките истражувања што се вршат според територијален принцип податоците се објавуваат и на ниво на единици на локалната самоуправа.\nПри објавувањето на податоците од став 1 на овој член се применуваат одредбите за заштита на податоците од овој и друг закон.\nЧлен 37\nПодатоците прибрани во согласност со Програмата се чуваат во Заводот и кај овластените носители во согласност со пропишаните норми и стандарди.\nИзворните материјали со кои се добиени податоците од извештајните единици во согласност со Програмата се чуваат во роковите што се неопходни за остварување на целта за која се прибрани.\nДиректорот на Заводот, односно лицето кое раководи со овластениот носител, ги пропишува роковите од став 2 на овој член за статистичките истражувања во рамките на своите надлежности.\nЧлен 38\nКонечните резултати од статистичките истражувања, утврдени со Програмата, како агрегирани, се чуваат трајно на начин и постапка пропишани од Директорот на Заводот, односно од лицето кое раководи со овластениот носител во рамките на своите надлежности.\nVIII. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ\nЧлен 39\nЗаводот и овластените носители прибираат индивидуални податоци за статистички цели, за статистичките истражувања утврдени со Програмата и други закони.\nПо исклучок од став 1 на овој член за статистичките истражувања утврдени во Програмата или со закон, може да се користат и податоци кои не се прибрани за статистички цели.\nИдентификационите податоци прибрани во согласност со Програмата може да се користат за создавање на збирки на податоци за статистички цели (избор на примерок и слично).\nЧлен 40\nИндивидуалните податоци прибрани, обработени или дадени за статистички цели можат да се користат само за цели утврдени со овој закон. Поединечно овие податоци не можат да се користат за донесување на било какви одлуки во врска со правното или физичко лице на кое се однесуваат, ниту да се компилираат или стават во други збирки на податоци што се користат за нестатистички цели.\nЧлен 41\nВо случаите кога индивидуалните податоци се прибираат непосредно, извештајната единица ќе биде информирана за податоците содржани во член 32 на овој закон.\nВо случаите кога индивидуалните податоци се преземаат од други збирки на податоци, информирањето на правното или физичко лице на кое тие податоци се однесуваат, ќе се направи на погоден начин, освен ако давањето на таквата информација е невозможна или вклучува неразумен напор.\nЧлен 42\nПосебните категории на лични податоци што се обработуваат за статистички цели се прибираат во форма што не овозможува идентификација на лицето на кое се однесуваат.\nПо исклучок од став 1 на овој член ако за обработката на посебните категории на лични податоци е потребна идентификација на лицето на кое се однесуваат, тогаш ќе се обезбеди соодветна заштита, вклучувајќи и одвојување на идентификационите податоци уште во фазата на нивното прибирање, освен ако ова е очигледно неразумно или непрактично.\nЕдинствениот матичен број на граѓанинот за статистички цели може да се користи исклучиво во фазата на прибирањето на посебните категории на лични податоци.\nПо внесувањето во збирката на податоците, единствениот матичен број на граѓанинот се одделува од содржината на варијаблите и може повторно да се припои заради следење на истата содржина на варијаблите во одреден временски период, доколку во Програмата за статистички истражувања е утврдено негово користење за подготвување на лонгитудинални збирки на податоци.\nЧлен 43\nСите лични податоци прибрани за статистички цели подлежат на заштита утврдена со овој закон и Законот за заштитата на личните податоци (“Службен весник на Република Македонија бр.07/2005”).\nВо однос на правата на лицето во врска со личните податоци кои се прибираат во согласност со овој закон ќе се применува член 16 од Законот за заштита на лични податоци.\nОдредбите од ставовите 1 и 2 на овој член соодветно ќе се применуваат и на индивидуалните податоци за правните лица кои се утврдени како извештајни единици.\nЧлен 44\nВработените лица во Заводот и кај овластените носители на определено или неопределено време, како и извршителите кои врз основа на договор вршат прибирање или при својата работа имаат пристап до индивидуални податоци, должни се тие податоци да ги чуваат како доверливи за време и по престанувањето на работниот однос или ангажирање по договор за дело.\nЛицата од став 1 на овој член пред запознавањето со податоците треба да бидат запознаени со обврските за заштита на податоците.\nЧлен 45\nИндивидуалните податоци прибрани и обработени за статистички цели, по извршената обработка ќе бидат складирани и чувани до објавување на конечните резултати.\nПо исклучок податоците од став 1 на овој член може да се чуваат и подолго, за намените утврдени во став 3 на член 39 од овој закон, но најдолго до остварување на целта за која се чуваат.\nЧлен 46\nЗаводот и овластените носители од член 6 на овој Закон можат, врз основа на писмено барање, да даваат индивидуални податоци без идентификациони податоци за извештајната единица, исклучиво на научни институции за научно-истражувачки цели, доколку корисникот ги обезбеди сите мерки на заштита утврдени со закон и други прописи.\nПисменото барање од ставот 1 на овој член мора да ја содржи целта, законската основа за користење на индивидуалните податоци и категоријата на индивидуалните податоци кои се бараат.\nЗа користење на податоците од став 1 на овој член се склучува посебен договор врз основа на кој корисникот се обврзува дека податоците ќе ги користи за целта која е наведена во барањето, дека нема да ги даде на увид и користење на неовластени лица и дека после употребата ќе ги уништи.\nТрошоците за подготовка на податоците ги сносат корисниците од став 1 на овој член.\nЧлен 47\nСтатистичките резултати ќе бидат достапни за користење или ќе се публикуваат само ако е обезбедено дека преку овие резултати не може веќе да се идентификуваат субјектите (правното или физичко лице) на кои тие податоци се однесуваат, освен ако субјектот на податоците дал согласност.\nЧлен 48\nЗа да се обезбеди заштита на индивидуалните податоци, прибрани за статистички цели, се преземаат мерки против неовластен пристап, доставување или било каква неовластена обработка, како и мерки со кои се спречува уништувањето, губењето, промената, злоупотребата или неовластената употреба на податоците.\nМерките и техниките за обезбедување заштита на податоците прибрани според Програмата ги пропишува Директорот на Заводот, односно лицето кое раководи со овластениот носител.\nIX. ДИСЕМИНАЦИЈА НА ПОДАТОЦИТЕ\nЧлен 49\nСтатистичките податоци, што се објавуваат во согласност со Програмата, се јавни и секому достапни.\nРезултатите од статистичките истражувања ги објавува Заводот и овластените носители.\nПримерок од резултатите од статистичките истражувања од Програмата што ги објавуваат, овластените носители доставуваат до Заводот.\nИнтегралните публикации од статистичките истражувања, предвидени во Програмата ги објавува Заводот.\nЧлен 50\nКако официјални службени податоци во Република Македонија за истражувањата предвидени со Програмата се сметаат податоците кои во согласност со истата ги објавува Заводот и овластените носители.\nКорисниците на статистичките податоци при употребата на податоците задолжително го наведуваат изворот на податоците.\nЧлен 51\nЗаводот и овластените носители на корисниците можат, на нивно барање, податоците да им ги даваат и на друг начин односно во друг облик, од утврдениот во Програмата, доколку не се повредуваат одредбите за заштита на податоците.\nТрошоците за давање на податоците кои ќе се подготват во согласност со став 1 од овој член ги сносат корисниците, освен државните органи.\nЧлен 52\nПо исклучок, индивидуалните податоци за правните лица прибрани за статистички цели, може да се објавуваат и даваат во следниве случаи:\n- ако има писмена согласност од извештајната единица за која тие податоци се однесуваат;\n- ако податоците се земени од јавните - општо достапни збирки на податоците.\nПисмената согласност од став 1 алинеја 1 на овој член може во секое време и без образложение да се повлече.\nЧлен 53\nЗаводот добиените резултати од статистичките истражувања ги објавува во вид на соопштенија, публикации, работни документи, анализи, студии и други видови на публикациони материјали.\nСубјектите на кои се дистрибуираат публикациони материјали без надомест и бројот се утврдуваат со акт на Владата на Република Македонија.\nЦените на публикационите материјали од став 1 на овој член и трошоците за подготовка на податоците од член 51 на овој закон ги определува Заводот.\nНа цените од став 3 на овој член согласност дава Владата на Република Македонија.\nX. МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИЧКА СОРАБОТКА\nЧлен 54\nПри исполнување на меѓународните обврски Заводот, во соработка со овластените носители во областа на статистиката, соработува, посредува и разменува податоци со други држави и меѓународни организации.\nПримерок од податоците кои овластените носители ги доставуваат во рамките на меѓународната статистичка соработка ги доставуваат и до Заводот.\nПо исклучок од став 2 на овој член доколку податоците што ги даваат овластените носители треба да се усогласуваат со меѓународните статистички норми и стандарди, податоците се даваат по предходна согласност на Заводот.\nПри извршување на обврските од став 1 на овој член Заводот односно овластените носители соработуваат со министерството надлежно за надворешни работи, а по потреба и со други органи на државната управа.\nЧлен 55\nДоставувањето на заштитените податоци за кои не е дозволена директна идентификација меѓу Заводот и соодветните национални институции на членките на Европската унија и органите на Заедницата, може да се врши само ако тоа доставување е неопходно за продуцирање на специфичните статистики на Заедницата.\nСекое натамошно доставување мора да биде одобрено од страна на Заводот.\nЧлен 56\nЗаводот и другите овластени носители можат да пренесуваат индивидуални податоци во трети држави без идентификациони податоци за извештајната единица на која се однесуваат, по барање на статистички организации и статистички служби на меѓународни организации, за статистички цели и за научни истражувања, доколку се обезбедени сите мерки за заштита и за пренос на податоците во согласност со овој Закон и во согласност со постапката утврдена со Законот за заштита на личните податоци.\nЧлен 57\nЗа извршување на своите задачи, по претходна согласност од Владата на Република Македонија, Заводот може да се зачлени во меѓународни организации и со нив да соработува.\nПотребните средства за членскиот влог во случаевите од став 1 на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.\nЧлен 58\nМеѓународната статистичка соработка се остварува преку:\n-подготовка на статистички податоци во согласност со меѓународни и меѓудржавни договори што Република Македонија ги склучила и ги прифатила;\n- членување и соработка со меѓународни и регионални организации и асоцијации;\n- учество во подготовката на меѓународни публикации;\n- учество во реализацијата на меѓународни проекти;\n- соработка со статистички органи на други земји во областа на статистиката и\n- подготовка и давање на користење статистички податоци на барање на корисници од странство.\nЧлен 59\nВо однос на заштитата на податоците при меѓународната статистичка соработка се применуваат одредбите од овој закон и Законот за заштита на лични податоци.\nXI. ФИНАНСИРАЊЕ НА ДРЖАВНАТА СТАТИСТИКА\nЧлен 60\nСредства за реализација на Програмата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.\nПриходите од вршењето на работите на државната статистика се уплатуваат на посебна жиро сметка - сметка за сопствени приходи.\nXII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 61\nГлоба од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правното лице ако на Заводот, не му ги достави бараните податоци во утврдените рокови или ако достави неточни податоци (член 31 став 1 и член 35).\nЗа прекршокот од став 1 на овој член ќе се изрече на одговорното лице во правното лице или службено лице или трговец поединец глоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.\nЧлен 62\nГлоба од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правното лице ако ги повреди одредбите за заштита на индивидуалните податоци добиени по основ на член 41 или не ги обезбеди или преземе мерките за заштита, или ги користи надвор од целите за кои ги добило (член 46 ставови 1 и 2).\nЗа прекршокот од став 1 на овој член ќе се изрече на одговорното лице во правното лице или службено лице или трговец поединец глоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.\nЗа прекршокот од став 1 на овој член на полнолетно физичко лице кое по основ на работен однос или договор имало пристап до индивидуалните податоци ќе се изрече глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.\nЧлен 63\nГлоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на одговорното лице во Заводот или овластениот носител и лицето од член 44, став 1 од овој закон за непреземање или повреда на пропишаните мерки за заштита на податоците.\nЧлен 64\nГлоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на одговорното лице во надлежниот орган за водење на збирката на податоци утврдени со законите со кои тие се воспоставени, ако на барање на Заводот не ги обезбеди бараните податоци (член 27 став 2).\nЧлен 65\nГлоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на одговорното лице во надлежниот орган за водење на збирката на податоци утврдени со законите со кои тие се воспоставени ако пред воведувањето или измените и дополнувањето на содржината на збирката не побара писмено мислење од Заводот (член 19 став 1).\nXIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 66\nПодзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на неговото влегување во сила.\nДо донесувањето на подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се применуваат постојните прописи доколку не се во несогласност со овој закон.\nЧлен 67\nЗаводот за статистика на Република Македонија продолжува да работи со делокруг определен со овој и друг закон.\nОпштите акти за организација и работа и за систематизација на работите и задачите на Заводот, Директорот ќе ги донесе во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој закон.\nЧлен 68\nСо денот на влегување во сила на овој Закон престануваат да важат Законот за статистички истражувања од интерес за Републиката (“Службен весник на СРМ” бр. 5/74 и 20/88) и Законот за статистички истражувања од интерес за целата земја (“Службен лист на СФРЈ” бр. 39/77, 63/86 и 44/89).\nЧлен 69\nОвој Закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 5149, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2509", "title": "Оздола идат еден млад војвода", "text": ":Оздола идат еден млад војвода,\n:по него одат седум, осум души,\n:нане мила нане, седум, осум души. [2x]\n:На рамо ми носат пушки малихери,\n:на гради ми носат чифте патрондаши,\n:на глава ми носет црни фес капчина,\n:нане мила нане, црни фес шапчиња. [2x]\n:Право ми тргет горе за Рашанец,\n:првиот ми беше Аргир Маринче,\n:вториот ми беше тој Васил Зимов,\n:нане мила нане, тој Васил Зимов. [2x]\n:Третиот ми беше Стеван Куртела,\n:четвртиот ми беше Јанко Димитров,\n:нане мила нане, Јанко Димитров. [2x]\n:Бог да го убие Вељан од Речица, [2x]\n:нане мила нане, Вељан од Речица\n:што ги предаде седум осум души\n:Седум осум души, сè млади момчина\n:се млади момчиња, сите Македонци\n:нане мила нане, сите Македонци. [2x]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B7%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 126, "cyrillic": 0.952}
{"id": "2518", "title": "Ој овчаре", "text": ":Ој овчарче, бре чобанче\n:што си толку развеселен?\n:Фино Фесче на страната\n:стодрам писќуљ над окото.\n:Ој Стојане, мој стопане,\n:как' да не сум развеселен?\n:Овци ми се објагниле\n:половина облизниле.\n:Жена ми се породила\n:ми родила машко дете.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B0%D1%80%D0%B5", "word_count": 44, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2520", "title": "Ој природо вечна убавице", "text": ":Ој природо вечна убавице,\n:ти создаде сè на овој свет,\n:ти создаде љубов и омраза,\n:среќа, радост, сè на овој свет.\n:Вие дами и убај господи\n:што имате богати мажи\n:но затоа вие многу пати\n:честа си ја продавате.\n:Јас не сакам големи богатства\n:ниту сакам царски палати,\n:јас си сакам сламена колиба,\n:и во неа слатко да спијам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE_%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B5", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2526", "title": "Отвори ми бело Ленче", "text": ":Отврли си бело Ленче дулачето\n:да ти видам бело Ленче, бело лице. [х2]\n:И да видиш Кара Коте фајде немаш,\n:бело лице Кара Коте продадено. [х2]\n:Бело лице Кара Коте продадено,\n:продадено Кара Коте у комшии,\n:у комшии Кара Коте у зенгии.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%B8_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2525", "title": "Оро се вие", "text": ":Оро се вие кај манастирот. [х2]\n:Да идам Дано моме да видам\n:да идам Дано душо да видам.\n:Првото оро се млади моми. [х2]\n:Да идам Дано моме да видам\n:да идам Дано душо да видам.\n:Другото оро се млади момци. [х2]\n:Да идам Дано моме да видам\n:да идам Дано душо да видам.\n:Третото оро се млади невести. [х2]\n:Да идам Дано моме да видам\n:да идам Дано душо да видам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%80%D0%BE_%D1%81%D0%B5_%D0%B2%D0%B8%D0%B5", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2522", "title": "Ој ти Пацо Дреновчанке", "text": ":Ој ти Пацо Дреновчанке\n:не стои пред мене\n:си продадов тешкото имање\n:само заради тебе.\n:Абре кудо ти будало\n:не продавај си\n:ако сум ти на к'сметот\n:сама дома ќе дојдам.\n:Ој ти Пацо Дрновчанке\n:не стои пред мене\n:си продадов шарениот ландон\n:само заради тебе.\n:Абре лудо ти будало\n:не продавај си\n:ако сум ти на к'сметот\n:сама дома ќе дојдам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D1%82%D0%B8_%D0%9F%D0%B0%D1%86%D0%BE_%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2521", "title": "Ој ти моме, малој моме", "text": ":Блазе си ти малој моме\n:блазе си ти на душата\n:што си спиеш при мајка ти\n:при мајка ти, при татко ти.\n:А јас сум си сам сиромав\n:сам легнувам, сам станувам\n:на полноќ се разбудувам\n:малој моме побарувам.\n:Малој моме не најдувам\n:ал перница прегрнувам\n:дробни солзи проронувам\n:чаша солзи наполнувам.\n:Дробни солзи проронувам\n:ал шамивче натопувам\n:ал шамивче натопувам\n:на гради го исушувам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2523", "title": "Ор девојче ран бел мој", "text": ":Ор девојче ран бел мој, ран бел мој\n:кој ти купи ф’стан твој, фустан твој?\n:Ми го купи татко твој, татко твој,\n:сака да ми биде свекор мој, свекор мој.\n:Ор девојче ран бел мој, ран бел мој\n:кој ти купи гердан твој, ѓердан твој?\n:Ми го купи братот твој, братот твој,\n:сака да ми биде девер мој, девер мој.\n:Ор, девојче, одголено, одголено\n:не кревај се на големо, големо.\n:Ој, девојче, одголено, одголено\n:не кревај се на големо, големо.\n:Речи што ќе речеш, ангел бре, ангел бре,\n:брат ти кја ми биде девер мој, девер мој.\n:Брат ти кја ми биде девер мој, девер мој,\n:а јас ќе ти бидам невеста, невеста.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%80_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D0%BD_%D0%B1%D0%B5%D0%BB_%D0%BC%D0%BE%D1%98", "word_count": 119, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2527", "title": "Отишло моме", "text": ":Отишло моме вода да налее\n:горе на крај село, горе кладенецот\n:море кладенецот под дрво високо.\n:Ајде нешто виде моме во водата\n:сенка му се сени од дрво високо\n:од дрво високо, дрво јаворово.\n:Ајде кога крена главата нагоре\n:море ми видело одно лудо младо\n:едно лудо младо, цело изврзано.\n:Тогаш лудо вели ајде на момето\n:ај подај ми моме ѓумот бакарлија\n:вода да се напијам уста да си оладам.\n:Ајде вети лудо, дека ќе ме земиш\n:вода ќе ти дадам грло да оладиш\n:и ќе те одврзам од клети синџири.\n:Тогај лудо вели ајде на момето\n:двајца ќе бегаме во гора зелена\n:каде ти ќе гинеш и јас покрај тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%BB%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 116, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1963", "title": "Заедничка декларациjа од 22 февруари 1999", "text": "Оваа страница е достапна под Creative Commons лиценца.Поточно, таа е достапна под лиценцата Creative Commons , позната и како „cc-by-3.0“.\n:::::Текст од книгата Бугарската политика спрема Република Македониjа, обjавена во Wikisource pod licencata Криејтив комонс лиценца Наведи извор 3.0.\n3AEДHИЧKA ДEKЛAPAЦИJA <sup>''ж''</sup>\nна Mинистер-претседателот на Република Бугариjа\nи Претседателот на Владата на Република Македониjа\n:::::Mинистер-пpeтceдaтeлот на Република Бугариjа\n:::::и Претседателот на Владата на Република Македониjа,\n:::::Поаѓаjќи од заедничкиот стремеж за развоj на\n:::::добрососедските односи меѓу двете држави,\n:::::Длабоко убедени во потребата од развоjот на соработката\n:::::врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање,\n:::::добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните\n:::::држави и народи,\n:::::Убедени во необходноста од зацврстување на безбедноста\n:::::и мирот, соработката и довербата во Jугоисточна Европа,\n:::::Поаѓаjќи од определбите на двете земjи за интегрирање во\n:::::европските и евро-атлантските структури,\n:::::Веруваjќи дека конструктивниот диjалог во сите области\n:::::на билатералните односи, како и во однос на регионалните\n:::::и меѓународните проблеми, ќе придонесе за натамошно\n:::::унапредување на односите на двете земjи на рамноправна основа,\n:::::Почитуваjќи ги принципите на Повелбата на ООН и\n:::::документите на ОБСЕ, како и демократските принципи, содржани\n:::::во документите на Советот на Европа,\n:::::1. Jа изразуват своjата подготвеност и заедничката желба\n:::::за развоjот на севкупните односи меѓу Република Бугариjа и\n:::::Република Македониjа. Тие односи ќе се развиваат во согласност\n:::::со основните принципи на меѓународното право.\n:::::2. Двете страни ќе соработуваат во рамките на\n:::::Организациjата на Обединетите нации, Организациjата\n:::::за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа,\n:::::Инициjативата на НАТО Партнерство за мир, Мултинационалните\n:::::мировни сили на земjите од Jугоисточна Европа и други\n:::::меѓународни организации и форуми.\n:::::3. Двете страни ќе придонесуваат за развоj на соработката\n:::::меѓу земjите од Jугоисточна Европа, за унапредување на\n:::::разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при остварување\n:::::на регионалните проекти како елемент на процесот за создавање\n:::::на единствена Европа.\n:::::4. Двете страни ќе ги поттикнуват контактите и ќе\n:::::организираат средби меѓу претставниците на органите на\n:::::управата на различни нивоа, за развоj на приjателските односи и\n:::::соработката.\n:::::Тие ќе придонесуваат за поттикнување на контактите меѓу\n:::::невладините организации и граѓаните на двете земjи.\n:::::5. Имаjки jа предвид географската блискост, двете страни\n:::::ќе се стремат кон создавањето на неопходните правни, економски,\n:::::финансиски и трговски услови за обезбедување непречено\n:::::движење на капиталот, стоките и услугите. Тие ќе ги поттикнуваат\n:::::заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна защита.\n:::::6. Двете страни ќе го поттикнуваат зголемувањето на\n:::::туристичката размена, како и развивањето на соодветни форми на\n:::::соработка во областа на туризмот.\n:::::7. Двете страни ќе ги развиваат и усовршуваат\n:::::сообраќаjните врски и комуникации меѓу нив, како и во рамките на\n:::::регионалните инфраструктурни проекти.\n:::::Тие ќе се стремат кон олеснување на царинските и\n:::::граничните формалности за движењето на патници и стоки.\n:::::8. Двете страни ќе jа поттикнуваат активната и непречена\n:::::соработка во областа на културата, образованието , здравството,\n:::::социjалната грижа и спортот.\n:::::9. Двете страни ќе прават напори за слободен проток на\n:::::информации, преку поттикнување и развивање на соработката во\n:::::областа на печатот, радио и телевизиските емисии, со користење на\n:::::современите информативни средства.\n:::::Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и\n:::::интелектуалните права на творците од двете земjи.\n:::::10. Двете земjи ќе jа унапредуваат соработката во правната\n:::::и конзуларната област и особено во областа на граѓанските,\n:::::казнените и административните прашања, со цел за олеснување на\n:::::патувањето и посетувањето на своите граѓани, како и за решавање\n:::::на нивните хуманитарни и социjални проблеми.\n:::::11. Двете страни нема да преземаат, поттикнуваат и\n:::::поддржуваат една кон друга деjствиjа и активности кои имаат\n:::::неприjателски характер.\n:::::Ниту една од страните нема да дозволи неjзината\n:::::териториjа да биде користена против другата од организации\n:::::и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни и\n:::::сепаратистички деjствиjа или деjствиjа насочени кон загрозување\n:::::на мирот и безбедноста на другата земjа.\n:::::Двете земjи немаат и нема да проjавуваат териториjални\n:::::претензии една спрема друга.\n:::::Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот\n:::::Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или\n:::::некогаш ќе претставува основа за мешање на Република\n:::::Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел\n:::::да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на\n:::::Република Македониjа.\n:::::Двете страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување\n:::::на недобронамерената пропаганда од страна на институции и\n:::::агенции и нема да дозволат активности на приватни лица, насочени\n:::::кон поттикнување на насилство, омраза или други слични деjствиjа,\n:::::кои би наштетиле на односите меѓу Република Бугариjа и Република\n:::::Македониjа.\n:::::Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два\n:::::оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на\n:::::двете земjи - бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа\n:::::и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при\n:::::што двата текста имаат еднаква важност.\n::::: ЗА РЕПУБЛИКА БУГАРИJА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA\n:::::ИВАН КОСТОВ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ\n::::: Министeр-претседател Претседател на Влада\n:::::__________________\n:::::<sup>''ж''</sup>''Заедничката Декларациjа од 1999 е потвърдена со заеднички меморандум'':::::''подпишан од Бугариjа и Република Македониjа во Софиjа на 22 jануари 2008'':::::''година.''\nbg:Съвместна декларация от 22 февруари 1999\nen:Joint Declaration of 22 February 1999", "subject": ["Историја на Македонија", "Декларации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8j%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_22_%D1%84%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8_1999", "word_count": 822, "cyrillic": 0.98}
{"id": "2528", "title": "Охрид, Охрид", "text": ":Охрид, Охрид, убав мил,\n:јас со солзи те оставив.\n:Езерото убаво тага\n:в'срце ми остави.\n:Дење, ноќе плачам,\n:на срцето рана имам,\n:зошто мајко јас отидов\n:в' туѓа туѓина.\n:Со мојта мила сека вечер\n:шетав по езеро јас.\n:Устата и очите ѝ\n:сон за мене останаа.\n:Ах, колку е жално либе,\n:Ах, колку е мачно душо,\n:цел живот да те немам\n:и да умрам в' туѓина.\n:Охрид, Охрид, убав мил\n:јас со созли те оставив.\n:Јас отидов надалеку\n:и не знам дали ќе те видам јас.\n:Јас отидов надалеку\n:и не знам дали ќе се вратам јас.\n:Либето да го видам,\n:секој ден за мене плаче.\n:Да се вратам, да ја видам,\n:со неа да умрам јас.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%2C_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4", "word_count": 123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2524", "title": "Омарно жешко сонце", "text": ":Омарно жешко сонцето греит\n:и никој на земјата не смеит\n:очи да отворит, ура, ура.\n:И никој на земјата не смеит\n:очи да отворит, напред, напред.\n:Ја народ црнеит, таму на брегот\n:и ноќта ангел јасно викаше:\n:„О Боже, до кога и до кога“?\n:И ноќта ангел јасно викаше:\n:„О Боже, до кога и до Бога“?\n:Еј таму Смилево, борба настанаа\n:со петстотин'годишниот тиран\n:крв ќе се излеит, ура, ура.\n:Со петстотин'годишниот тиран\n:крв ќе се излеит, напред, напред.\n:И денес мале, младиот јунак,\n:се фрли на крвожедниот тиран,\n:за да се одмаздит, ура, ура.\n:Се фрли на крвожедниот тиран,\n:за да се одмаздит, напред, напред.\n:Но и за жалост, угасна младост\n:свиреп го куршум в' срце погоди,\n:со знаме во рака, ура, ура.\n:Свиреп го куршум в' срце погоди,\n:со знаме во рака, напред, напред.\n:Збогум, проштавај, млади јунаку,\n:з'ш скоро слобода ќе изгреит\n:над Македонија, ура, ура.\n:Наскоро слобода ќе изгреит\n:над Македонија, напред, напред.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%BE_%D0%B6%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE_%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5", "word_count": 165, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2529", "title": "Охрид, Охрид убав мил", "text": ":Охрид, Охрид убав мил,\n:ти за мене рај си бил.\n:Јас ќе одам далеку\n:не знам дал' ќе се вратам пак.\n:Езерото ми убаво,\n:јас со солзи го оставив.\n:Со кајчето од Вистера\n:во Албанија се најдов јас.\n:Збогум мајко, збогум веч\n:јас ќе одам далеку.\n:Јас ќе одам далеку\n:не знам дал' ќе се вратам пак.\n:Охрид, Охрид убав мил,\n:град на Климент, Самуил.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%2C_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2_%D0%BC%D0%B8%D0%BB", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2531", "title": "Пелин ми се пољуљава", "text": ":Пелин ми се пољуљава [х2]\n:пољуљава, заљуљава. [х2]\n:Дали ми го ветер вее [х2]\n:или ми го роса роси? [х2]\n:Сама Рада под пелина, [х2]\n:пелин крши китки кити. [х2]\n:Да ги дава на момците, [х2]\n:на момците чуждинците. [х2]\n:За да пукнат тукашните, [х2]\n:тукашните Охридските. [х2]\n:Ако пукнат нека треснат, [х2]\n:мене не ми е ништо гајле. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D1%99%D1%83%D1%99%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2530", "title": "Пара бери киселец", "text": ":Пара бери киселец\n:Мице ора в градина [2х]\n:Паро ле, севдо ле\n:севдо ле, Паро ле\n:срцево ми го изгоре.\n:Дај ми Паро киселец\n:усте да си оладам [2х]\n:Паро ле, севдо ле\n:севдо ле, Паро ле\n:усте да си оладам.\n:На ти Мице киселец\n:усте да си оладиш\n:Паро ле, севдо ле\n:севдо ле, Паро ле\n:усте да си оладиш.\n:Јас не сакам киселец\n:тук ти сакам устето\n:Паро ле, севдо ле\n:севдо ле, Паро ле\n:тук ти сакам устето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B8_%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%86", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2533", "title": "Песна за Дејан војвода", "text": ":Македонијо, младо царство\n:кај е твојто господарство?\n:Дали гледаш неправдиње,\n:неправдиње од Турчиња?\n:Турско ропство пет вековно,\n:спаилаци преголеми.\n:Нестите грабнуваат,\n:девојките потурчуваат.\n:Се огласи Дејан војвода,\n:Дејан јунак, војводата.\n:Војводата, од Дебрца,\n:тој народот го повика.\n:Мој народе Македонски,\n:кога гледаш зло се прави,\n:спремај пушки малихери,\n:в' борба влагај, не се жали.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%94%D0%B5%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2539", "title": "Песна за Скопје (втора)", "text": ":Додек' Сонце Земјата ќе грее\n:ќе се помни шееситрета,\n:кога Вардар крвав ми протекол\n:и жал пронел по целиот свет.\n:Од земјата громови згрмеа,\n:стана пискот, трескање и страв.\n:Со илјади години ѕидано\n:мило Скопје се стори во прав.\n:Ми заплака сиот ле ми народ\n:од болки им душите плачат.\n:Сонцето се зад облаци скрило,\n:да не гледа жални настани.\n:Тогај рипна сиот ле ми народ,\n:грмна песна, младост прозбори.\n:Над урнатини палати да дига,\n:место жалој, живот да гори.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5_%28%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%29", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2536", "title": "Песна за Лазар Поптрајков", "text": ":Зашчо плачиш, зашчо жалваш,\n:ти високи Лисец,\n:зашчо с' магла се покриваш\n:од горе до долу?\n:Јас ќе плачам, јас ќе жалвам,\n:дор до век и веков,\n:зашчо видов как' заклаја\n:Лазо Папатрајков.\n:Отрежаа му главата\n:за пендесет лири,\n:однесоја во Костур,\n:бакшиш на деспото.\n:Колку жално, срамно ести\n:за грчкиот деспот,\n:шчо го плате ѕверот Коте\n:да заколи Лазо.\n:Ај да кажеме: „Бог да прости\n:Лазо Поптрајков“!\n:Првиот и најголемиот\n:костурски началник.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80_%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2534", "title": "Песна за Караџата", "text": ":Борба се бие по ливадишта,\n:планини пеат за Караџата.\n:Запеј ми, запеј Кожув планино\n:старата песна за Караџата.\n:Ја кажи, кажи, а бре Караџа,\n:до каде је Македонија?\n:Ето таму горе, Кумановско поле\n:Охрид, Битола, дур' до Пирина.\n:Шчици се бичат, спици се прават,\n:на Македонци во нокти клават,\n:в' огинот гори, железо се топи,\n:на Македонци под мишки клават.\n:Ја кажи, кажи, а бре Караџа,\n:до каде е Македонија?\n:Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци\n:Неготино, Дојран, дур' до Солуна.\n:Ај нека знаје цела Европа,\n:до каде е Македонија:\n:ето тамо горе, Тетовско поле,\n:Гостивар, Струга, дур' до Кичево.\n:Има ли уште кој да не знае\n:каде е Македонската земја?\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9F%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 115, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2532", "title": "Песна за Арсо војвода", "text": ":Загрме корија, заплака\n:зароси роса крвава.\n:Зароси роса крвава,\n:заради Арсо војвода.\n:Каде се чуло, видело\n:сестра да брата предаде?\n:Станала рано в' недела,\n:отишла в' село Другово.\n:Друговци ?\n:ако го Арса барате,\n:Арсо е в' Подвис на гости\n:со својта верна дружина.\n: на конак\n:кај Спира и кај Томета.\n:Кај Спира имат пет мина,\n:а кај Томета шест мина.\n:Станале пусти Друговци,\n:отишле долу в' Кичево,\n:викнале силна потера,\n:селото го сардисале.\n:Потегна на Арсо војвода,\n:затегна пушка малихер.\n:Прва ми пушка што пукна,\n:дурбашијата ми падна.\n:Втора ми пушка што пукна,\n:а чауш од коња падна.\n:Треќата пушка што пукна,\n:падна ми Арсо војвода.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%90%D1%80%D1%81%D0%BE_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2535", "title": "Песна за Крсте војвода", "text": ":Се зададе темен облак\n:во комитско ми [?].\n:То не беше темен облак,\n:туку беше турски џган.\n:Сардисаја планињето\n:и селото Волкодери.\n:И го гледа [?],\n:[?] и стражата.\n:Абер стори на четата\n:на четата во селото:\n:„Ја станите мили браќа\n:оти сме си сардисани“.\n:Крсте викат: „ќе стреламе“\n:стража викат: „да бегаме“.\n:Се зафати бојот страден,\n:меѓу Турци и комити.\n:Пушки пукет, бомби грмат\n:и [?].\n:Турци викет: „Алах, Алах“,\n:„Ура“ викет комитите,\n:Крсте војвода им викат:\n:„Сите браќа, ај по мене,\n:клавајте и ножоите\n:запалете и бомбите“.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%9A%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2543", "title": "По горите македонски", "text": ":По горите македонски шетала мома\n:охриѓанка симпатична, убава мома. [2x]\n:Во окови млади војник тешко е ранет\n:над глава му милата му сестра и тихо милува\n:ем го пита ем го пита дека си ранет.\n:Не питај ме сестро мила, тешко сум ранет\n:земи книга и моливот, писмо напиши\n:испрати го во Битола на мојата мајка.\n:Ох да знае мојта мајка дека сум ранет\n:ќе забради црна шамија, мене да жали\n:мојте браќа крв ќе лијат за да се осветат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 85, "cyrillic": 0.988}
{"id": "2548", "title": "Посеала баба", "text": ":Посеала баба, до три зрна просо,\n:цицири, вицири, ци цу цу, до три зрна просо.\n:Се зачуди баба, како ќе ги жнее,\n:цинцири, минцири, ци цу цу, како ќе ги жнее.\n:Повикала баба, три села аргати,\n:се зачуди баба, што ќе ги наруча.\n:Ми се бркна баба в' десната пазува,\n:ми извади баба тригодишна вошка,\n:ми навари баба три казани чорба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%B0", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2544", "title": "По пат одам, за пат прашам", "text": ":По пат одам леле\n:за пат прашам\n:кој пат води леле за Мариово.\n:Кој пат оди леле за Мариово,\n:за Мариово, село Дуњи.\n:Таму седи леле чучук Митра,\n:чучук Митра бојаџивката,\n:да ми вапца леле два бајрака,\n:еден зелен, другиот црвен.\n:Зелениот леле, за на свадба,\n:а црвениот, за на војна.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE_%D0%BF%D0%B0%D1%82_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC%2C_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D0%B0%D1%82_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D0%BC", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2538", "title": "Песна за Скопје", "text": ":Матен Вардар течеше\n:матиле го солзите\n:плаче Македонија\n:деца кој ги зема.\n:Едно утро жалосно\n:земјата се затресе\n:и од скутот мајчин\n:чедо Скопје однесе.\n:С' векови сум патила\n:ропски живот водела\n:на крило од Вардарот\n:златно Скопје створила.\n:Не плачи сестро Србијо\n:и вие други сестрички\n:живее Македонија\n:ново Скопје ќе роди\n:мајка Македонија\n:лично чедо ќе роди.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2542", "title": "Планино, Пирин планино", "text": ":Планино, Пирин Планино\n:многу си Пирин убава. [х2]\n:Еј, еј, еј, еј, еј, еј,\n:многу си Пирин убава. [х2]\n:По твоите треви зелени\n:пасат ми магли овчички. [х2]\n:Еј, еј, еј, еј, еј, еј,\n:пасат ми магли овчички. [х2]\n:Под твојте сенки дебели\n:јунаци потсклон наоѓаат. [х2]\n:Еј, еј, ej, еј, еј, еј,\n:јунаци потсклон наоѓаат. [х2]\n:На сека гранка берданка,\n:до сека вода, војвода [х2]\n:Еј, еј, ej, еј, еј, еј,\n:до сека вода војвода. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%BE%2C_%D0%9F%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BD_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 82, "cyrillic": 0.975}
{"id": "2540", "title": "Песна за Чакаларов", "text": ":Бој се почна во клисура,\n:Чакаларот бре,\n:жив фатете го, обесете го\n:тоа бесно куче сардисајте го.\n:Македонка мома жнијаше,\n:Чакаларов бре,\n:на кусото јачменче,\n:Чакаларов бре.\n:Оздола иде Бахтијар Паша,\n:со триесет илјади,\n:Чакаларов је со триста момчиња.\n:Бахтијар Паша викаше:\n:„уџум кардашла“,\n:Чакаларов викаше:\n:„ура момчиња“.\n:Жив фатете го, обесете го\n:тоа бесно куче сардисајте го.\n:Однесете го горе в' Смилево\n:кај комитетот море македонски.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%A7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2541", "title": "Пијан идам мајко", "text": ":Меаните мајко пусти да останат\n:меанџики моми да ги заборавам, мајче\n:да се женам мила мајчице\n:за првото либе\n:тоа си го сакам мајчице\n:на овој чуден свет.\n:Тие пусти пари само по меани\n:зошто ми ги даде, вино јас да пијам\n:а ти мајко, стара мајчице\n:од сон да се будиш\n:порти да отвориш мајчице\n:дома да дојдам\n:ај, дома да дојдам.\n:Пијан идам мајко од пусти меани\n:само рујно вино саноќ сум си пило\n:само многу љубам мајчице\n:се' со рујно вино\n:како да се женам мајчице\n:не ме остават\n:ај не ме остават.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D0%BC_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2557", "title": "Пуста младост", "text": ":Пуста младост мамо, пуста младост.\n:Пуста младост милај мамо, не се стига.\n:Не се стига мамо, не се срешча.\n:Ни се с' пари, милај мамо, не купува.\n:Младост тече мамо, младост тече.\n:Младост тече милај мамо като вода.\n:Старост дебни мамо, старост дебни.\n:Старост дебни милај мамо като сенка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2551", "title": "Праша ли Тинке мајка ти", "text": ":Праша ли Тинке мајка ти џанам\n:праша ли Тинке мајка ти,\n:дава ли тебе за мене џанам\n:за мене Ѓорѓија бекрија?\n:Не сум ја Ѓорѓија прашала џанам\n:не сум ја Ѓорѓи прашала,\n:синоќа сум ја слушала џанам\n:синоќа сум ја слушала.\n:Мама на тате велеше џанам\n:мама на тате велеше,\n:Ај да го дајме Тинчето џанам,\n:за тој Ѓорѓија бекрија.\n:Тате на мама велеше, џанам\n:тате на мама велеше,\n:до девет ќерки да имам џанам\n:една на Ѓорѓија не давам.\n:Ѓорѓи е пуш пијаница џанам\n:Ѓорѓи е пуш пијаница,\n:на вино вади ножеви џанам,\n:а на ракија пиштоли.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0_%D0%BB%D0%B8_%D0%A2%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D1%82%D0%B8", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2547", "title": "Позив дојде војник да одам", "text": ":Позив дојде и за мене\n:позив дојде и за мене, Ленче бре\n:и јас војник да одам.\n:Сета рода покрај мене,\n:сета рода покрај мене, Ленче бре\n:со радост ме испраќа.\n:Само мојто верно либе\n:само мојто верно либе, Ленче бре\n:покрај мене не беше.\n:На пенеџере си стоеше\n:на пенџере си стоеше, Ленче бре\n:дробни солзи ронеше.\n:Јас је реков и нареков\n:јас је реков и нареков, Ленче бре:\n:- „Молчи либе не плачи“.\n:Молчи либе дај не плачи\n:молчи либе, ај не плачи, Ленче бре\n:бргу ќе се видиме.\n:Бргу ќе се ај видиме, Ленче бре\n:љубов ќе продолжиме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%B2_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC", "word_count": 105, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2549", "title": "Послушајте ме другари", "text": ":Послушајте ме другари\n:да ви кажам словото,\n:на Ѓурѓовден бев затворен\n:в' темни црни зандани.\n:Во зандани бев измачен\n:ниту лебец нит вода,\n:а телото покриено\n:с' бела риза до земја.\n:Немојте да ме мачите,\n:јас сум невин како цвет.\n:Зло никому не сум сторил,\n:свидетел е овој свет.\n:Ах, да знае мојта мајка,\n:гробот да ми ископа\n:и на гробот да напишит:\n:„Овде лежит маченик“.\n:Маченик е тој за правда,\n:за човечки правдини,\n:а тој беше Александар\n:Караѓуле Охридски.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%B5_%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8", "word_count": 85, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2555", "title": "Проклета да е Австралија", "text": ":Проклета да е Австралија\n:што ме раздели од фамилија.\n:Си ја оставив мојата жена\n:цвеќе вградина да ми овене.\n:Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]\n:Мојте другари песна ми пеат,\n:абре Стојане немој не оди.\n:Кому оставаш, млада невеста,\n:с' машко детенце и стара мајка.\n:Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]\n:Проклета да е Австралија\n:ми ја запусти фамилијата,\n:црна туѓина земја далечна\n:многу далеку, сам без никого.\n:Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%B5_%D0%90%D0%B2%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 85, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2562", "title": "Ранет лежи млад партизан", "text": ":Ранет ми, ранет лежи млад партизан\n:надзглавје, надзглавје му тенка пушка.\n:Покривач, покривач му сино небо\n:партизан, партизан вели говори:\n:Другари, другари верни другари\n:писмо ми, писмо ми мене напишете.\n:Да знаат дека паднав и загинав\n:за нашата, за нашата Македонија.", "subject": ["Македонски партизански песни", "Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B8_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD", "word_count": 41, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2556", "title": "Проштевај ми мила моја", "text": ":Проштавај ми мила моја,\n:јас си одам многу млад,\n:а срцето не ми дава,\n:сама да те оставам.\n:Те оставам со мајка ти,\n:татко, браќа и сестри,\n:јас ќе одам со комити,\n:в' македонски планини.\n:Јас ќе одам во планини,\n:со мојата дружина,\n:Гоце Делчев да го пазам,\n:а и другите борци.\n:Плачат жени, пиштат деца,\n:тесно им е в' градите.\n:Сакет да исфрлат маки\n:од петвековното ропство.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%B0", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2563", "title": "Расплакал се стар бел дедо", "text": ":Расплакал се стар бел дедо,\n:што остарел и побелел.\n:Што остарел и побелел,\n:не бил веќе за љубење.\n:Го догледа баба Неда\n:и на дедо тивко дума:\n:- Молчи, дедо, не и плачи,\n:нели бевме ние млади,\n:се љубевме, се грлевме?\n:Се насмеал стар бел дедо,\n:си прегрнал баба Неда,\n:си ја бакнал баба Неда.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BB_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%B1%D0%B5%D0%BB_%D0%B4%D0%B5%D0%B4%D0%BE", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2552", "title": "Пред да си умрам", "text": ":Пред да си умрам, сакам да кажам\n:за наш'та љубов искрена.\n:Оф, леле либе, галебче мое\n:срцево ми го изгоре.\n:Помниш ли мила, помниш ли драга,\n:кога се двајца љубевме?\n:Раката твоја ми ја подаде,\n:со љубов верна, искрена.\n:Дење и ноќе плачев за тебе\n:најповеќе за љубовта.\n:Оф, леле, либе, галебче мое\n:срцево ми го изгоре.\n:Во ноќта кога месец грееше,\n:а зраци слетаа на тебе,\n:в' прегратки нежни ние двајцата\n:на песок чист крај езеро,\n:а ти трепериш, ах мила моја\n:и слушаш шум од бранови.\n:Тоа не се браној, тоа се песни\n:што пејат само за љубовта.\n:Кој што се нејќит да се не земит,\n:тој што се сакет, да се земит.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D0%B8_%D1%83%D0%BC%D1%80%D0%B0%D0%BC", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2559", "title": "Разболе се младо Македонче", "text": ":Разболе се младо Македонче\n:никој нема од род да го види,\n:оф леле завали аман, аман јабанџиче.\n:Само дошло едно малој моме\n:малој моме негово комшивче\n:оф леле завали аман, аман јабанџиче.\n:Донело му е две-три благи понуди\n:земи лудо тие мали понуди\n:оф леле завали аман, аман јабанџиче.\n:Нека, моме тие благи понуди\n:срце ми изгоре моме за тебе,\n:оф леле завали аман, аман јабанџиче.\n:Ајде моме двата да се земеме\n:мерак в' срце мене да ми не вене\n:оф леле завали аман, аман јабанџиче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2567", "title": "Роден, роден крај", "text": ":Помина ти крај мене\n:а ми рече два збора\n:либе одам в туѓина\n:срцево ми тагува.\nРефрен:\n:Роден, роден крај\n:ти си како рај\n:живот мој си ти [2х]\n:за тебе пеам јас.\n:Ќе се вратам в роден крај\n:кај што цути само мај\n:да ги видам браќата\n:како градат мајко рај.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%2C_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2561", "title": "Развивај горо, горо зелена", "text": ":Развивај горо, горо зелена, аман, аман,\n:извирај водо, водо студена, аман, аман.\n:Сите ми дрва, све ми развиле, аман, аман,\n:само едно дрво не ми развило, аман, аман.\n:Под него лежи младо јуначе, аман, аман,\n:младо јуначе со десет рани, аман, аман.\n:Девет рани све куршумени, аман, аман,\n:само една рана штико бодена, аман, аман.\n:Над него лета сива орлица, аман, аман,\n:сива орлица, проклета птица, аман, аман.\n:- „Ја умри, умри младо јуначе, аман, аман,\n:да ти испија црните очи, аман, аман,\n:да ти исколва белото ти лице“!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%2C_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2553", "title": "Прилепските ергени", "text": ":Прилепските ергени\n:каде одат и пејат,\n:по момите гледаат,\n:да ги видат, ќе свирнат.\n:И со око ќе намигнат:\n:- „Леле, леле што се убави“.\n:Стар бел дедо прислушнал,\n:бела коса исчешлал\n:и на баба ѝ вели:\n:- „Дај мори бабо да те бакнам јас,\n:и за образ да те штипнам,\n:леле, леле што си убава“.\n:Кутра баба не гледа\n:и на дедо му вели:\n:- „Де бре старо, будало,\n:пусти памет ти излегол,\n:пусти ѓавол ти навлегол,\n:леле, леле старо, будало“.\n:- „Пусти ѓавол ми излегол,\n:пусти мерак ми навлегол,\n:бабо мори за тебе,\n:дај мори бабо да те бакнам јас,\n:и со рака да те штипнам,\n:леле, леле што си убава,\n:како солца да те макнам,\n:леле, леле што си убава“.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B8", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2568", "title": "Ружиче бело и црвено", "text": ":Ружиче бело и црвено,\n:не оди ситно пред мене,\n:не дигај магли раови.\n:Не скоривај моме јадови,\n:надеа сум само, јадовно.\n:Деј гиди Страте, море будала,\n:што жалиш толку за мене,\n:имаш невеста убава?\n:Ружиче бело и црвено,\n:имам невеста убава,\n:ама е многу мрзлива.\n:Меракот ми е моме на тебе,\n:умрев, загинав за тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D1%83%D0%B6%D0%B8%D1%87%D0%B5_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%B8_%D1%86%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2558", "title": "Разболе се Ирина мома", "text": ":Разболе се, ај разболе се\n:мојата Ирина,\n:ете станаа три години\n:откако лежи.\n:- Кажи Иринке, ај кажи душо,\n:од што си болна?\n:- Мојта болест, ах мило либе\n:не је од Бога,\n:мојта болест, ах мило либе\n:од кара севда.\n:Пратив стројник, ах мило либе\n:мајка ти те не дава,\n:оти јас сум, ах мило либе,\n:многу сиромав.\n:Зошто мајко ти ме мене\n:млада зацрни?\n:Јас да умрам, ах мила мајко,\n:млада и зелена?\n:Јас да умрам, ах мила мајко,\n:од кара севда?\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%98%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2545", "title": "Подај моме рака", "text": ":Како сонце в' дворот да ми дојдеш,\n:како песна в' срце да ми пројдеш.\n:Само да те погледам јас,\n:везден тука идам, оф, очи да ти видам.\n:Лична ко китка, пролет ми те роси,\n:в' срце ми те носи, опа!\n:Гајда свири ли-ду-ли-ду-ли, опа, и-ха-ха\n:тапан чука рит-тика-тика, ајде де.\n:Подај моме, подај рака ти,\n:овде на срце да ја ставам јас.\n:За час ќе ми мине сета мака,\n:никому не те давам.\n:Среде други лични моми ле,\n:уште полична ќе те гледам јас.\n:Твојот допир и од очи вљубен,\n:свој чекор јас ќе редам.\n:Среде село, младите се збрале,\n:и за љубов нишан си дале.\n:Само јас сум без тебе сам,\n:нишан ти ми зема надвор ми те нема.\n:Послушај песна на оро те кани,\n:до мене застани, и-опа!\n:Гајда свири ли-ду-ли-ду-ли, опа, и-ха-ха\n:тапан чука рит-тика-тика, ајде де.\n:Подај моме, подај рака ти,\n:овде на срце да ја ставам јас.\n:За час ќе ми мине сета мака,\n:никому не те давам.\n:Среде други лични моми ле,\n:уште полична ќе те гледам јас.\n:Твојот допир и од очи вљубен,\n:свој чекор јас ќе редам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0", "word_count": 207, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2565", "title": "Решив да се оженам", "text": ":Решив да се оженам\n:дури сум уште млад\n:и тргнав мома да барам,\n:од род голем богат.\n:Да биде убавица\n:да знае да чита,\n:пијаното да пишти\n:под нејзини раце.\n:Не помина многу време\n:и јас се оженив,\n:си најдов таква мома\n:што барав по светот.\n:Од првин беше ангел,\n:ангел на овој свет,\n:од ангел се претвори\n:вистинска сатана.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B8%D0%B2_%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%BC", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2574", "title": "Што ми е мило мамо", "text": "Што ми е мило мамо\nмило ем драго,\nсејмен да шетам мамо\nниз бузаана.\nПа да видам мамо\nбелото Маре\nбелото маре мамо\nна Цинциеви.\nДали го носи мамо\nтој широк фустан\nшто го кроевме мамо\nдевет ергени.\nОд секој ерген мамо\nпо еден аршин,\nа Ѓоше не дал мамо\nни еден аршин.\nА Ѓоше не дал мамо\nни еден аршин\nЃоше го зеде мамо\nбелото Маре.\nЃоше го зеде белото Маре,\nа јас да пукнам мамо\nич не се жалам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2554", "title": "Провикнала Драганка", "text": ":Провикнала Драганка леле,\n:провикнала Драганка\n:од врв на Пирин планина леле,\n:од врв на Пирин планина.\n:Умирам мајко за вода леле,\n:умирам мајко за вода,\n:како босилок за роса леле,\n:како босилек за роса.\n:Каршија седит овчарче леле,\n:каршија седит овчарче\n:и на Драганка говори леле\n:и на Драганка говори.\n:Драганке моме убаво леле,\n:Драганке моме убаво,\n:таа вода не е убава леле,\n:таа вода не е убава.\n:Сношти минаа ајдуци леле,\n:сношти минаа ајдуци,\n:крвави ризи испраа леле,\n:крвави ризи испраа.\n:Крвави ризи испраа леле,\n:крваки ризи испраа,\n:оштри ножови имија леле,\n:оштри ножови измиа.\n:Оштри ножови измија леле,\n:оштри ножови измија,\n:три глави внатре фрлија леле,\n:три глави внатре фрлија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 117, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2564", "title": "Расцвети верна љубов во народот", "text": ":Расцвети верна љубов во народот,\n:засвети силно в' срца поробени.\n:Со силен пламен распламти,\n:со голем оган разгори,\n:до срца млади и јуначки,\n:да тргнат во гората.\n:На ремен танки сабји запашите,\n:за татковина своја да станите.\n:Да викниме со глас голем,\n:да чует Балкан поробен,\n:големо, мало, станувајте,\n:оружје земајте.\n:За наша мила, славна татковина,\n:за наша мила, слободна држава.\n:И крвта да си пролејме,\n:за слободно да живеиме,\n:од тие неверни тирани,\n:Турци отоманци.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%81%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2_%D0%B2%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%82", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2570", "title": "Што имала к'смет Стамена", "text": ":Што имала к'смет Стамена, Стамена\n:мајка ѝ болна легнала, легнала.\n:Мајка ѝ болна легнала, легнала\n:побарала вода студена, студена.\n:Побарала вода студена, студена\n:од таа чешма шарена, шарена.\n:Стамена ги зеде стомните, стомните\n:отиде на чешма шарена, шарена.\n:Отиде на чешма шарена, шарена\n:да наполни вода студена, студена.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BA%27%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2560", "title": "Разболела се", "text": ":Разболела се, разболела се\n:разболела се, разболела се\n:Ленка Пингова\n:разболела се, разболела се\n:Ленка Пингова.\n:Над глава и' стои\n:над глава и' стои [2х]\n:стара и мајка.\n:Кажи ми Ленче, кажи ми душо\n:кажи ми Ленче, кажи ми душо [2х]\n:од што си болна?\n:Јазе сум болна, јазе сум болна\n:јазе сум болна, јазе сум болна [2х]\n:за прво либе.\n:Јас ќе си умрам, јас ќе си умрам\n:јас ќе си умрам, јас ќе си умрам [2х]\n:рано в недела.\n:Повикајте го, повикајте го\n:повикајте го, повикајте го [2х]\n:Коле Велково.\n:Дарувајте го, дарувајте го\n:дарувајте го, дарувајте го [2х]\n:бовчалак невезен.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D1%81%D0%B5", "word_count": 108, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2573", "title": "Што ми е мило ем драго", "text": ":Што ми е мило ем драго мамо,\n:што ми е мило ем драго,\n:комшиче либе да имам мамо,\n:комшиче либе да имам.\n:На пенџерето да седам мамо,\n:на пенџерето да седам,\n:бело ѝ лице да гледам мамо,\n:бело ѝ лице да гледам.\n:Бело ѝ лице да љубам мамо,\n:бело ѝ лице да љубам,\n:руса ѝ коса да мрсам мамо,\n:рамна ѝ снага да кршам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%B5%D0%BC_%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%BE", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2572", "title": "Што ми е мерак полјак да бидам", "text": ":Што ми е мерак полјак да бидам,\n:мори Божано,\n:полјак да бидам на ваш'та нива,\n:мори девојко.\n:На ваш'та нива, нива голема,\n:мори Божано,\n:ти да ја жнееш, јас да те гледам,\n:мори девојко.\n:Што ми е мерак полјак да бидам,\n:мори Божано,\n:полјак да бидам на ваш'то лозје,\n:мори девојко.\n:На ваш'то лозје, на бело грозје,\n:мори Божано,\n:ти да го береш, јас да те гледам,\n:мори девојко.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D0%B5_%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BA_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BA_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D0%BC", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2566", "title": "Река газит малој моме", "text": ":Река газит малој моме,\n:бели му се нози,\n:в' роци носит кошничица\n:полна с' љубичица.\n:Се с'рефије мома и момче,\n:во тесно сокаче.\n:Проговара младој моме,\n:на младо јуначе:\n:- „Дал' на војска одиш лудо,\n:ил' од војска идеш?“\n:- „Ни на војска одам, лудо,\n:ни од војска идам,\n:тук' сум било на ат-пазар\n:коња да си купам“.\n:Пружи рока, лудој младо,\n:качи ме на коња.\n:Качи ме на коња лудо,\n:однеси ме дома.\n:Однеси ме дома, лудо,\n:в' шарена одаја.\n:В' шарена одаја, лудо,\n:на мека постела.\n:Татковети поменица,\n:мајке одменица.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%BA%D0%B0_%D0%B3%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%82_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2569", "title": "Што да правам, што да чинам", "text": ":Голем мерак мила мајко\n:скоро јас ќе умрам\n:два мерака два севдаха\n:скоро одат во гроба.\n:Што да правам што да чинам\n:кога е лоша мајка ми\n:не ми дава да заљубам\n:од личните ергени.\n:Кандисуј бре лудо младо\n:што ти дава мајка ми\n:мама дава, лудо младо\n:триста лири жолтици.\n:Кандисуј бре лудо младо\n:што ти дава татко ми\n:тате дава лудо младо\n:една бавча црници.\n:Немој Ратке, немој душо\n:голем мерак да фрлаш,\n:два мерака, два севдаха\n:скоро одат во гроба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D0%B4%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BC%2C_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%B4%D0%B0_%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BC", "word_count": 88, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2576", "title": "Што си поминав и се прелагав", "text": ":Што си поминав и се прелагав [х2]\n:покрај трите најубавите\n:лични како црвен трендафил. [х2]\n:Трите на порти седеа\n:личните сестри убави\n:китки трендафил носеа\n:китки трендафил в' пазуви,\n:а најмалата носеше\n:китка трендафил, на гради.\n:А најмалата најубавата [х2]\n:со китка фрли по мене\n:со китка црвен трендафил. [х2]\n:Китка трендафил ѝ зедов\n:и знак за љубов ѝ дадов,\n:со нога што ѝ потропнав\n:со око што ѝ намигнав. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B8_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%B2", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2577", "title": "Што ќе правиме, чиниме", "text": ":Што ќе правиме, чиниме,\n:со кој мерак ш'о го имаме,\n:ниту јадиме, пиеме,\n:ниту слободно спиеме.\n:Сношти помина покрај нас,\n:тамо ја најдов мајка ти.\n:- Добро вечер, стара бабо.\n:- Дал ти Бог добро, јуначе.\n:А што ми рече два збора,\n:два збора, до два изгора.\n:- Да, море лудо и младо,\n:не си го губи времето.\n:Момето ми е свршено,\n:за друго лудо, порусо,\n:за друго лудо, порусо,\n:од тебе многу поарно.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D1%9C%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BC%D0%B5%2C_%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%B5", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2578", "title": "Черешна се од корен корнеше", "text": ":Черешна се од корен корнеше,\n:мома се од мајка делеше.\n:Проштевај мајко, проштевај,\n:проштевајте мили роднини.\n:Досега сум мајка слушала,\n:отсега ќе слушам свекрва.\n:Отсега ќе слушам свекрва,\n:свекрва, свекор, јатрва.\n:Свекрва, свекор, јатрва,\n:и најмалото ни деверче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2571", "title": "Што ја нема Цвета", "text": ":Што ја нема Цвета, мамо,\n:низ двор да прошета?\n:Дали болна легна Цвета,\n:или болни гледа?\n:Ниту болна легна сине,\n:ниту болни гледа.\n:Под сенка легнала Цвета,\n:глава преврзала.\n:Дали д' идам мила мамо,\n:Цвета да ја видам?\n:Понуда да носам, мамо,\n:алва шеќерлија?\n:Алва шеќерлија, мамо,\n:едра леблебија?\n:Немој сине, не ми оди,\n:Цвета е свршена.\n:Цвета е свршена сине,\n:за момче богато.\n:За момче богато, сине,\n:за момче скопјанче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0_%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2579", "title": "Четворица кумити", "text": ":Четворица кумити\n:низ Кршисер врвеја.\n:Низ Кршисер врвеја,\n:право Гари влегоја.\n:Првиот беше, врвеше,\n:Стојанчо Паун кумита.\n:Други ми беше, врвеше,\n:Стефанов Мицо кумита.\n:Трети ми беше, врвеше,\n:Алексо Кирко кумита.\n:Четврти беше, врвеше,\n:Пејданчо Блажо, кумита.\n:Чукат, чукат на врата:\n:- Отвори млада невесто.\n:Отвори млада невесто,\n:невесто млада Стојанице.\n:Она си слезе од чардак\n:и си вратата отвори.\n:- Добро вечер, невесто!\n:- Дал бог добро, кумити!\n:Стојан си вели, говори:\n:- Невесто млада, Стојанице,\n:качи се горе в' одаја,\n:отвори долап мусандра.\n:Извади шише ракија,\n:тајфата да ја напијам!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2580", "title": "Чије е оној моме", "text": ":Чије е оној моме мамо,\n:чије је оној моме,\n:от пенџер што гледа, мила мамо,\n:од пенџер шо гледа?\n:А што глава има, мамо,\n:а што глава има,\n:битолска курија, мила мамо,\n:битолска курија.\n:А што чело има мамо,\n:а што чело има,\n:алтан амајлија, мила мамо,\n:алтан амајлија.\n:А што веѓи има мамо,\n:а што веѓи има,\n:морски пијавици, мила мамо,\n:морски пијавици.\n:А што очи има мамо,\n:а што очи има,\n:беглески филџани, мила мамо,\n:беглески филџани.\n:Иди ја посакај мамо,\n:иди ја посакај,\n:дал' ќе ти ја дадат, мила мамо,\n:снаа да ти биде.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B8%D1%98%D0%B5_%D0%B5_%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2575", "title": "Што се чуло нане", "text": ":Што се чуло нане,\n:што се чуло и разбрало,\n:аман и разбрало.\n:Ќе ме грабит нане,\n:ќе ме грабит тој Никола,\n:тој Никола нане,\n:тој Никола од Зарчета.\n:Ај да ојме нане,\n:ај да ојме кај вујка ми,\n:аман кај вујка ми.\n:Кај вујка ми нане,\n:кај вујка ми Костакија.\n:Белким таму нане,\n:белким таму не ќе дојдат.\n:Ушче зборот нане,\n:уште зборот недоречен,\n.аман недоречен,\n:што ќе видиш нане,\n:што ќе видиш во дворови.\n:Во дворови нане,\n:сè дебрани и мокрани.\n:Подај ми го сестро,\n:подај ми го шемшането,\n:аман шемшането.\n:Tи ќе полниш сестро,\n:ти ќе полниш, јас ќе фрлам.\n:Прва пушка нане,\n:прва пушка што ми пукна,\n:аман што ми пукна,\n:ми го удри нане,\n:ми го удри тој Никола,\n.тој Никола нане,\n:тој Никола од Зарчета.\n:Чун го чекат нане,\n:чун го чека Долни Сарај,\n:аман Долни Сарај.\n:Го однесоја нане\n:г' однесоја во Поградец.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B5_%D1%87%D1%83%D0%BB%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B5", "word_count": 154, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2583", "title": "Чула баба разбрала", "text": ":Чула баба разбрала\n:да се мажат бабите,\n:да се мажат бабите\n:бабите за ергени.\n:Зеде баба две стомни\n:та ми појде на вода,\n:на студено кладенче\n:там' си најде ергенче.\n:Добро утро бабо ле.\n:Дал бог добро либе ле [х2]\n:до вечера мој да си.\n:Еј мори бабо грбава,\n:имаш ќерка убава.\n:Ајде бабо дај ми ја\n:ќе те дарвам шамија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B0", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2601", "title": "С' каменички фрлат мамо", "text": "С' каменички фрлат мамо\nна нашите ќерамиди\nдејгиди мила мајко мори\nна нашите ќерамиди.\nДал' да одам мила мамо\nјас да му отворам\nдејгиди мила мајко мори\nјас да му отворам?\nНемој душо немој ќерко\nвечера немаме,\nоф мори ќерко, ќерко мори\nвечера немаме.\nНегова вечера мамо\nмојте слатки думи,\nоф мори мајко, мајко мори\nмојте слатки думи.\nНемој ќерко, немој душо\nпостела немаме,\nдејгиди мила ќерко мори\nпостела намаме.\nНегова постела мајко\nмојта рамна снага,\nоф мори, мајко, мајко мори\nмојта рамна снага.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%27_%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B0%D1%82_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2585", "title": "Цвета мома убава", "text": ":Цвета мома убава,\n:солзи рони, сама се пита.\n:Цвета мома убава,\n:солзи рони, саде се пита.\n:Зошто Димчо ти не дојдеш\n:мене да видиш,\n:мене да видиш?\n:Нели ти реков, Димчо бре,\n:само мене да љубиш верно.\n:Се ти праштам, оти си лудо,\n:само врни се,\n:само врати се.\n:Турил фесче над око,\n:мен' ме гледа сe' испод око.\n:Дигни фесче, јас да те видам,\n:срце ми изгоре,\n:срце ми изгоре.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2605", "title": "Саноќ ми билбил пропеа", "text": "Саноќ ми билбил пропеа\nна катиниот трендафил.\nСаноќ ми билбил пропеа\nна катиниот трендафил.\nСтани ми стани Катинке,\nстани ми стани девојче.\nСтани ми стани Катинке,\nлибето ти се посврши.\nОд тебе бара проштење.\nОд мене просто да му е,\nод Бога проклет да биде\nсрцево ми го изгоре.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%9C_%D0%BC%D0%B8_%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D0%BB_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2604", "title": "Саноќ ле Надо", "text": "Саноќ ле Надо, саноќ не спијам,\nпред порти стојам за да те видам.\nОчи ми солзат, срце тагува\nсè заради наш'та ле Надо пуста разделба.\nИзлези Надо барем до порта,\nза да ти видам белото лице,\nбелото лице, црните очи\nи тие Надо мори гајтан веѓи.\nНе можам Ѓорѓи, не можам либе,\nне можам на порти да излезам,\nпорти ми Ѓорѓи мајка затвори,\nпенџер ми Ѓорѓи море татко соѕидал.\nТатко ти Надо, та и мајка ти\nБог ти ги убил, огин изгорел,\nпорти ќе турнам, пенџер ќе урнам\nи тебе Надо мори ќе земам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%9C_%D0%BB%D0%B5_%D0%9D%D0%B0%D0%B4%D0%BE", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2603", "title": "Сал си одам, сал си питам", "text": "Сал си одам, сал си питам,\nдека седи Грозда мома,\nГрозда мома битолчанка.\nОна седи ош' погоре\nош' погоре, Горно Маало.\nНејна порта бележита,\nдо портата бела чешма.\nДо портата дафин дрво.\nНа дрвото славеј пиле,\nславеј пиле само пее.\nШто се сака не се зема,\nшто се не'ќе ќе се земи,\nќе се земи, фајде нема.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%BB_%D1%81%D0%B8_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BC%2C_%D1%81%D0%B0%D0%BB_%D1%81%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BC", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2602", "title": "Садила Јана", "text": "Садила Јана леле,\nсадила Јана,\nсадила Јана леле,\nран бел босилок.\nКога го садила леле,\nкога го садила,\nкога го садила леле,\nне се вратила.\nМи се вратила леле,\nми се вратила,\nми се вратила леле,\nрано в' недела.\nОздола иде леле,\nоздола иде,\nоздола иде леле,\nлудо ем младо.\nПрво си трга леле,\nпрво си трга,\nпрво си трга леле\nв' Јанина бавча.\nСкини ми Јано леле,\nскини ми душо,\nскини ми Јано мори\nран бел босилок.\nАко си ерген лудо,\nако си ерген,\nако си ерген лудо\nсамо скини си.\nАко си женето лудо,\nако си женето\nако си женето лудо\nкрши си вратот.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2608", "title": "Сеј со здравје, севдо моја", "text": "Сеј со здравје, севдо моја\nдур' си е ден да си одам.\nСета работа си је оставив,\nсо тебе да се ?.\nПодари ми твојта слатка уста\nза да си позборвиме.\nПодари ми твојте црни очи\nза да се погледаме.\nНе вени ми моје лице бело\nденеска си го љубело.\nНе плачите моји очи црни,\nдо сега бевте со него.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%BE_%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5%2C_%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%B0", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2606", "title": "Саноќ седам Трено", "text": "Саноќ седам Трено, саноќ мислам\nсите моми Трено ги споминам\nкога тебе те споминам\nчаша солзи Трено исполнувам.\nЧаша солзи Трено наполнувам\nал шамија Трено натопувам\nал шамија натопувам\nна гради ја Трено исушувам.\nСаноќ седам Трено, саноќ пијам\nсите песни Трено ги спејувам\nсите песни ги спејувам\nсите моми Трено ги споминам.\nКога тебе Трено те споминам\nтамбурата Трено искршувам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%9C_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BC_%D0%A2%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2609", "title": "Се навали Шар Планина", "text": "Се навали, се навали Шар Планина, ајде\nсе навали, се навали, Шар Планина.\nМи потисна, ми потфати три овчари, ајде\nтри овчара, три овчара, три чобана.\nПрви овчар, први овчар ѝ се моли, ајде\nпушти мене, ај пушти ме, Шар Планино.\nИмам жена, имам жена што ме жали, ајде\nимам жена, имам жена, ќе ме жали.\nВтори овчар, втори овчар ѝ се моли, ајде\nпушти мене, пушти мене, Шар Планино.\nИмам сестра, имам сестра, ќе ме жали, ајде\nимам сестра, имам сестра, ќе ме жали.\nТрети овчар, трети овчар ѝ се моли, ајде\nпушти мене, пушти мене, Шар Планино.\nИмам мајка, имам мајка, ќе ме жали, ајде\nимам мајка, ќе ме жали.\nЖена жали, жена жали шест недели, ајде\nсестра жали, сестра жали до година,\nмајка жали, мајка жали дур' довека, ајде\nмајка жали, мајка жали дури до гроба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%A8%D0%B0%D1%80_%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 144, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2607", "title": "Свирете ми свирачи", "text": "Денес пејам, се веселам\nсвадба правам, син женам,\nмојата радост е голема,\nсрце од радост ми плаче.\nСвирете ми свирачи\nсвирете ми до зори,\nи јас со вас да пеам\nда се веселам.\nАјде свате дигни чаша да пиеме\nза младите да наздравиме,\nчедо ваше, чедо наше, се засакале\nштом се земат, среќни ќе бидат.\nСвирете ми свирачи\nсвирете ми до зори,\nи јас со вас да пеам\nда се веселам.\nПријатели и роднини браќа мили\nјас сум среќен и пеам\nжелбата моја се исполни,\nво недела ќе пеам.\nСвирете ми свирачи\nсвирете ми до зори,\nи јас со вас да пеам\nда се веселам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%B8", "word_count": 110, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2586", "title": "Цветините очи черешови", "text": ":Цветините очи черешови\n:сношти ги видов расплакани.\n:Цветано моме убаво\n:што си ми Цвете нажалено?\n:Дали ти е мајка умрела\n:или е болен татко ти,\n:или те тебе посвршија\n:за тоа либе што несакаш?\n:Ниту ми е мајка умрела\n:ниту е болен татко ми,\n:либето војник ми замина\n:во таа града Битола.\n:Од него писмо јас немам\n:зато сум толку нажалена,\n:зато сум толку нажалена\n:нажалена расплакана.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BE%D1%87%D0%B8_%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2610", "title": "Се посврши сербез Донка", "text": "Се посврши сербез Донка [x2]\nтра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла\nсербез Донка на Јаричкови. [x2]\nСе собрале комшиите [x2]\nтра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла\nкомшиите, другарките. [x2]\nАирлија, сербес Донке [x2]\nтра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла\nаирлија свршувачката. [x2]\nНе викајте аирлија [x2]\nтра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла\nтук' речете на мајка ми. [x2]\nШто ме даде на далеку [x2]\nтра, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла\nна далеку, преку Вардар. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%B5%D0%B7_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 95, "cyrillic": 0.894}
{"id": "2582", "title": "Чудила се мила мама", "text": ":Чудила се мила мама:\n:- Кому да те дадам?\n:Да те дадам за даскалче?\n:- Јас даскалче нејќум.\n:Даскалче е како просјак,\n:од село на село.\n:Џангара, мангара, манга, данга\n:од село на село.\n:Чудила се мила мама,\n:кому да ме дават?\n:Да ме дават за рибарче,\n:јас рибарче нејќум.\n:Рибарче е како мачка,\n:од риба на риба.\n:Џангара, мангара, манга, данга\n:од риба на риба.\n:Чудила се мила мама,\n:кому да ме дава?\n:Да ме дава за мајсторче,\n:јас мајсторче нејќум.\n:Мајсторче е како петел,\n:од греда на греда.\n:Џангара, мангара, манга, данга\n:од греда на греда.\n:Чудила се мила мама,\n:кому да ме дава?\n:Да ме дава за чалгаџи,\n:јас чалгаџи сакам.\n:Тој ќе свирит, јас ќе играм\n:ќе се погодиме.\n:Џангара, мангара, манга, данга\n:ќе се погодиме.\n:Чудила се мила мама,\n:кому да ме дава?\n:Да ме дава за фурнаџи,\n:и него го сакам.\n:Тој ќе печит, јас ќе јадам\n:ќе се погодиме.\n:Џангара, мангара, манга, данга\n:ќе се погодиме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%B0", "word_count": 166, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2581", "title": "Чифте, чифте пајтонлари", "text": "Чифте, чифте, пајтонлари (турски: ''çifte çifte paytonları'') е популарна песна во Македонија од турско потекло. Во адаптираната верзија на македонски, последната строфа е адаптирана и зборовите корпа грозје се заменети со шише коњак.\n1 Текст\nна турски, на македонски\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B8%D1%84%D1%82%D0%B5%2C_%D1%87%D0%B8%D1%84%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B8", "word_count": 44, "cyrillic": 0.929}
{"id": "2611", "title": "Се расплакал стар бел дедо", "text": "Се расплакал стар бел дедо\nшто остарел и побелел.\nШто остарел и побелел,\nне бил повеќе за љубење.\nГо догледа баба Неда\nи на дедо му продума:\nмолчи дедо, не ми плачи.\nМолчи дедо, не ми плачи,\nнели бевме ние млади,\nсе љубевме, се криевме.\nСе насмеал стар бел дедо,\nси прегрнал баба Неда,\nси целувнал баба Неда.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BB_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%B1%D0%B5%D0%BB_%D0%B4%D0%B5%D0%B4%D0%BE", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2594", "title": "Урва Фанка", "text": ":Урва Фанка, урва Фанка по полето,\n:урва Фанка, ој леле, по полето,\n:да собери, да собери црно грозје,\n:да собере, оф леле, црно грозје,\n:црно грозје, црно грозје лисечина,\n:црно грозје, ој леле, лисечина.\n:Ми ја фати, ми ја фати падарчето,\n:ми ја фати, ој леле, падарчето:\n:- Таксај Фанке, таксај Фанке што ќе таксаш,\n:таксај Фанке, ој леле, што ќе таксаш.\n:- Таксана е, таксана е пендолира,\n:таксана е, ој леле, пендолира.\n:- Не ти сакам, не ти сакам пендолира,\n:не ти сакам, ој леле, пендолира,\n:тук' ти сакам, тук' ти сакам бело лице,\n:тук' ти сакам, ој леле, црни очи!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%A4%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2595", "title": "Учи ме мила мајко карај ме", "text": ":Учи ме мила мајко, карај ме,\n:леле карај ме,\n:како да кинисам, мајко, по него,\n:леле, по него.\n:Са ноќ сум мила мајко, неспана,\n:леле неспана,\n:од тоа лудо младо, пијано,\n:леле, пијано.\n:Лажи го, мила ќерко, мами го,\n:леле мами го,\n:дур' да си дојдат ќерко браќа ти,\n:леле, браќа ти.\n:Браќа ти се мила ќерко комити,\n:леле комити,\n:тие ќе му глава ќерко отсечат,\n:леле отсечат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%87%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2612", "title": "Се свалила Митра долу во градина", "text": "Се свалила Митра, се свалила,\nаман се свалила Митра,\nдолу во градина.\nДа набере Митра, да набере,\nда набере Митра,\nран бел босилок.\nЈа фатиле Митра, ја фатиле,\nама ја фатија Митра,\nТурци јузбашии.\nЈа носиле Митра, ја носиле,\nаман ја носиле Митра,\nдури во града Солуна.\nЈа питале Митра, ја питале,\nаман ја питале Митра,\nчија вера сака.\nГлава дава Митра, глава дава,\nаман глава дава Митра,\nвера не мењава.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D1%81%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D1%83_%D0%B2%D0%BE_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2592", "title": "Филизој моме, Филизо", "text": ":Филизој моме, Филизо\n:малој моме,\n:излези на пенџерето, ај\n:да ти го видам лицето.\n:Да ти го вида лицето,\n:малој моме,\n:шо лице носиш на тебе, ај\n:дали прилегат за мене.\n:На слика да го сликувам,\n:малој моме,\n:в' тефтерот да го наредам, ај\n:в' тефтерот да го наредам.\n:В' тефтерот да го наредам,\n:малој моме,\n:за кога да ода на војска, ај\n:за когата одам на војска.\n:Шом ќе ми текнет за тебе,\n:малој моме,\n:тефтерот да го отвора, ај\n:меракот да ми поминет.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5%2C_%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%BE", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2588", "title": "Ценив се у попа", "text": ":Ценив се у попа,\n:да му чувам гуските.\n:Шарена гајда исшарана,\n:с'с мониста нанижана.\n:Зумбај, зум-ба-ба.\n:Откара ги долови,\n:куде вода не тече.\n:Куде вода не тече,\n:куде трава не нича.\n:Шарена гајда исшарана,\n:с'с мониста нанижана.\n:Зумбај, зум-ба-ба.\n:Оздол' иде попиште,\n:врти очи к'о плочи.\n:Шарена гајда исшарана,\n:с'с монисти нанижана.\n:Зумбај, зум баба.\n:Два шамара ми удри,\n:гуските ми отера.\n:Гуските ми отера,\n:гајдата ми ја зема.\n:Шарена гајда исшарана,\n:сас мониста нанижана.\n:Зумбај, зумбаба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B2_%D1%81%D0%B5_%D1%83_%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%B0", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2593", "title": "Убаво Македонче", "text": ":Кога тебе те сретнав\n:умот ми го однесе [x2]\n:такво момче убаво\n:нигде немам видено. [x2]\n:Многу ноќи јас не спијам\n:и на тебе се си мислам\n:ах бре ергенче,\n:Многу ноќи јас не спијам\n:и на тебе се си мислам,\n:убаво Македонче.\n:Желба ми е голема\n:срце ми разигрува, [x2]\n:едно барам од тебе\n:вечно да си со мене. [x2]\n:Многу ноќи јас не спијам\n:и на тебе се си мислам\n:ах бре ергенче,\n:Многу ноќи јас не спијам\n:и на тебе се си мислам,\n:убаво Македонче.\n:Несреќна би била знај,\n:несреќна јас без тебе, [x2]\n:нема среќа ни радост\n:ако не си со мене. [x2]\n:Многу ноќи јас не спијам\n:и на тебе се си мислам\n:ах бре ергенче,\n:Многу ноќи јас не спијам\n:и на тебе се си мислам,\n:убаво Македонче.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 139, "cyrillic": 0.957}
{"id": "2591", "title": "Ферман дојде од Стамбола", "text": ":Ај, ферман дојде џанам од Стамбола\n:телал личит по чаршија,\n:да се зберат спахиите\n:се отвори силна војна,\n:силна војна во Софија, де.\n:Ај, спаивчето џанам само се посврши\n:во четврток зборот тој ми даде,\n:во сабота свадба ќе прави\n:во недела војник да оди.\n:Ај, спаивчето џанам коња ми ружи\n:невестата диван му стои\n:и негова стара мајка\n:диван стоет дробни солзи ронет, де.\n:Ај, го прашала џанам неговата мајка\n:ај спаивче ти младо заирче,\n:коња спремаш каде ти ќе одиш?\n:Кому ќе оставам млада невеста\n:и твојата стара мајка, де?\n:Ај, ој ти мајко џанам стара мајко,\n:дел' ме прашаш право ќе ти кажам,\n:тебе мајко нема да те лажам:\n:ферман дојде од Стамбола,\n:телал личит по чаршија,\n:да се зберат спаиите.\n:Се отвори силна војна,\n:силна војна во Софија, де.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 138, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2589", "title": "Црнеј горо, црнеј сестро", "text": ":Црнеј горо, црнеј сестро\n:двајца да црнејме\n:ти за твојте лисја ле горо\n:јас за мојта младост.\n:Твојте лисја, горо сестро\n:пак ќе ти се вратат\n:а мојата младост горо\n:нема да се врати.\n:Мене мајка ме посврши\n:преку три планини\n:што не сакав горо сестро\n:на пат да го сретнам.\n:Дење оди горо сестро\n:по твојата шума\n:ноќе оди горо сестро\n:по бели друмови.\n:Сношти ми донесе горо\n:братовата рака\n:јас ја познав горо сестро\n:по златниот прстен.\n:Црнеј горо, црнеј сестро\n:двајца да црнејме\n:ти за твојте лисја горо\n:јас за мојта младост.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%98_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%2C_%D1%86%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2613", "title": "Се скарале, се степале", "text": "Се скарале, се степале,\nмоми тиквешанки.\nБре, бре, бре,\nсе скарале, се степале,\nбре, бре, бре,\nмоми тиквешанки.\nРаците си сокршиле,\nкоси искубале.\nБре, бре, бре,\nрациве си сокршиле,\nбре, бре, бре,\nкоси искубале.\nСи почнале, си почнале,\nочи да си вадат.\nБре, бре, бре,\nси почнале, си почнале,\nбре, бре, бре,\nочи да си вадат.\nСè за едно лудо, младо,\nлудо, неженето.\nБре, бре, бре,\nсè за едно лудо, младо,\nбре, бре, бре,\nлудо, неженето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5%2C_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B5", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2614", "title": "Се смејат мамо мори", "text": "Се смејат мамо мори се смејат\nзошто ме мала омажи [х2]\nзошто ме млада зацрни.\nМојте другарки мајко ле\nуште по сокак играат [х2]\nод пепел куќи си прават.\nА јас мајко ле мајчице\nсо едно дете во раце [х2]\nи друго мајко на срце.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%98%D0%B0%D1%82_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2587", "title": "Целувај ме мило либе", "text": ":Кажи, кажи, мило либе\n:кога јас да дојдам,\n:дали вечер, мило либе,\n:или утре вечер?\n:Дали вечер, мило либе,\n:или утре вечер\n:да ти дадам златен прстен\n:и да те целувам?\n:Целувај ме мило либе,\n:немој да ме прашаш.\n:Само немој мило либе\n:нишан да оставаш.\n:Утре е недела,\n:мајка ми е дома\n:утре ти да дојдеш, либе\n:прстен да ми дадеш.\n:Прстен да ми дадеш, либе\n:и да ме посвршиш.\n:Ти да ме посвршиш, либе\n:и да ме целуваш.\n:Целувај ме мило либе,\n:немој да ме прашаш.\n:Само немој мило либе\n.нишан да оставаш.\n:Штом ти така велиш, либе\n:така нека биде.\n:Утре јас ќе дојдам либе\n:со мојата мајка.\n:Утре јас ќе дојдам либе\n:со мојата мајка,\n:прстен ќе ти дадам, либе\n:и ќе те посвршам.\n:Целувај ме мило либе,\n:немој да ме прашаш.\n:Само немој мило либе\n:нишан да оставаш.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5", "word_count": 148, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2615", "title": "Се собрале комитите", "text": "Се собрале комитите,\nќе ми одат в Суво поле.\nНапред оди војводата,\nвојводата Јордан Пиперка.\nЌе ми фаќат метел изин,\nќе го чекат Алил паша.\nШто ја грабил руса Стојна,\nруса Стојна от Мало Церско.\nПроговара војводата:\nај да слеземе долу в Брезово,\nда го венчаме Алил паша\nза невеста остра сабја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5_%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2616", "title": "Севдалино малој моме", "text": "Севдалино малој моме Севде\nсевдалино малој моме,\nдома ли си сама ли си,\nах, што си ме севдисало.\nСите пари ми ги зеде Севде\nсите пари ми ги зеде,\n500 кара гроша,\nем илјада жолти лири.\nДај ми малку од парите Севде,\nдај ми малку од парите,\nда си купам коњ дорија\nда не одам пеш во село.\nДа не одам пеш во село Севде,\nда не одам пеш во село,\nкучињата да не ме лајат,\nа момите да не ми се смејат.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5", "word_count": 88, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2617", "title": "Седенка се збира", "text": "Седенка се збира, мама не ме пушта [2х]\nмама не ме пушта на седенка да идам. [2х]\nНа седенка да идам с'либе да се видам [2х]\nс'либе да се видам оти војник ќe оди. [2х]\nМама, тате велат ај да вечераме [2х]\nсите полегнаа мене сон не фаќа. [2х]\nСите полегнаа мене сон не фаќа [2х]\nмен сон не фаќа, на седенка да идам\nна седенка да идам с'либе да се видам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%B7%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2620", "title": "Си поминав покрај Битола", "text": "Си поминав си заминав\nпокрај Битола\nтрала ла ла ла\nпокрај Битола. [x2]\nТам си најдов, там си најдов\nмоме калешо\nтрала ла ла ла\nмоме калешо. [x2]\nОј ти моме, малој моме\nколку те сакам\nтрала ла ла ла\nколку те сакам. [x2]\nПари немам да те земам\nсум сиромав јас\nтрала ла ла ла\nсум сиромав јас. [x2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 65, "cyrillic": 0.938}
{"id": "2621", "title": "Си приготвив јас отрова", "text": "Си приготвив јас отрова\nна градите оштар нож\nи на мој живот несреќен\nсакав крај да ставам јас.\nМе љубеше тој горкиот\nод сѐ срце и душа\nдушманите направија\nда откаже тој од мен'.\nВчера со друга се венчава\nнажалено ме гледаше\nдигна очи тој кон бога\nпролеа солзи за мене.\nЌе облечам црна руба\nцрна руба до земја\nи ќе одам во манастир\nкалуѓерка да станам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B8%D0%B2_%D1%98%D0%B0%D1%81_%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2622", "title": "Сирак се Стојан разболел", "text": "Сирак се Стојан разболел\nзаради нашто комшиче.\nЕј, хај, сиромав\nимето му е Мариче.\nИмето му е Мариче\nсо аловото к'враче.\nЕј, хај, сиромав\nсо свиленото шамивче.\nСо аловото к'враче\nи со белото блузиче.\nЕј, хај, сиромав\nи со белото блузиче.\nИди ја мамо посакај\nза неа да се оженам.\nЕј, хај, сиромав\nза неа да се оженам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BA_%D1%81%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BB", "word_count": 65, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2624", "title": "Славеј пее на трендафил", "text": "Славеј пее на трендафил,\nмоме седи на пенџере,\nнажалено, насрдено,\nем со солзи на очите.\nБог да бие твојта мајка,\nшто ме даде надалеку,\nда не можам да се видам,\nни со мајка, ни со татко.\nНи со мајка, ни со татко,\nни со мојте мили сестри,\nни со моите мили браќа,\nни со моето прво либе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%98_%D0%BF%D0%B5%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BB", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2619", "title": "Селвие сен ѓузел", "text": "Не спи, не спи, не дреми\nќузум бела Селвие\nзар не си се наспало\nЈоко мори калешо\nтри вечери без мене?\nСелвие сен ѓузел јоко мори калешо\nмоја прва изгоро.\nНа четвртата јас дојдов\nќузум бела Селвие\nтебе дома не најдов\nЈоко мори калешо\nтебе дома не најдов.\nСелвие сен ѓузел јоко мори калешо\nмоја прва изгоро.\nТук те најдов в' комшии\nќузум бела Селвие\nу нашите душмани\nјоко мое калешо\nу нашите душмани.\nСелвие сен ѓузел јоко мори калешо\nмоја прва изгоро.\nТебе те најдов зад врата\nќузум бела Селвие\nлаф муабет правеше\nјоко мое калешо\nлаф муабет правеше.\nСелвие сен ѓузел јоко мори калешо\nмоја прва изгоро.\nНе ми фрлај ифтири\nморе мој домаќине\nти си голем мераклија\nморе мој домаќине\nна вино и на лута ракија.\nСелвие сен ѓузел јоко мори калешо\nмоја прва изгоро.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D0%B2%D0%B8%D0%B5_%D1%81%D0%B5%D0%BD_%D1%93%D1%83%D0%B7%D0%B5%D0%BB", "word_count": 143, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2618", "title": "Седна баба да вечера", "text": "Седна баба да вечера,\nедна еребица, една еребица.\nПак баба не јала, пак баба не пила,\nбаба била злојасна, па се не најала,\nпа се не напила.\nВтора вечер вечера\nдва ми летни галаба,\nедна еребица, една еребица.\nПак баба не јала, пак баба не пила,\nбаба била злојасна, пак се не најала,\nпа се не напила.\nТрета вечер вечера\nтри кокошки пржени,\nдва ми летни галаба,\nедна еребица, една еребица.\nПак баба не јала, пак баба не пила,\nбаба била злојасна, пак се не најала,\nпа се не напила.\nЧетвртата вечер вечера\nчетири овна калеши,\nтри кокошки пржени,\nдва ми летни галаба,\nедна еребица, една еребица.\nПак баба не јала, пак баба не пила,\nбаба била злојасна, пак се не најала,\nпа се не напила.\nПетта вечер вечера\nпет ми крави јалови,\nчетири овна калеши,\nтри кокошки пржени,\nдва ми летни галаба,\nедна еребица, една еребица.\nПак баба не јала, пак баба не пила,\nбаба била злојасна, пак се не најала,\nпа се не напила.\nШеста вечер вечера\nшест камили грбави,\nпет ми крави јалови,\nчетири овна калеши,\nтри кокошки пржени,\nдва ми летни галаба,\nедна еребица, една еребица.\nПак баба не јала, пак баба не пила,\nбаба била злојасна, пак се не најала,\nпа се не напила.\nСедма вечер испила\nседум бочки со вино,\nшест камили грбави,\nпет ми крави јалови,\nчетири овна калеши,\nтри кокошки пржени,\nдва ми летни галаба,\nедна еребица, една еребица.\nПак баба не јала, пак баба не пила,\nбаба била злојасна, пак се не најала,\nе пак се натрескала.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\ntr:Oynayın Kız Oynayın", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B0", "word_count": 265, "cyrillic": 0.985}
{"id": "2623", "title": "Сите беа илинденци", "text": "Дали знаеш мајко мила\nкакви синој ти си родила\nсите беа Илинденци\nсите беа славни борци\nза слобода наша мила\nсе бореа загинаа.\nГоце Делчев млад Кукушанец\nГоце Делчев млад Македонец,\nтој бестрашен јунак за слобода,\nцрна земја рано го покрила,\nно в' гради грутка тешка му остана\nне ја виде слободна Македонија.\nКрушевската Република\nпрва беше на балканот,\nпретседател први беше\nНикола Карев учителот\nбајрак разви тој ја разбуди\nсвеста кај многу млади Македонци.\nПиту Гули војводата\nнадоен од маки и страдања\nкрвта своја сам ја пролеа\nна Мечки Камен тој храбро падна\nславно загина тој на Илинден\nна Илинден светол славен.\nСо својата верна дружина\nтамо горе на Пирин Планина\nхрабро Јане се бореше\nи од срце на глас викаше\nнапред браќа во борба нерамна\nза да живее Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B1%D0%B5%D0%B0_%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8", "word_count": 136, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2627", "title": "Сношти го видов убавото Стојне", "text": "Сношти го видов, мамо мори, убавото Стојне\nСношти го видов, мамо мори, убавото Стојне.\nСтојне бре, Стојне, стапни ми на нога,\nерген бре дилбер, елај ми на колено.\nУбавото Стојне, ле мамо, алтан чело има,\nСтојниното лице, мамо, солунско симитче.\nСтојне бре, Стојне, стапни ми на нога,\nерген бре дилбер, елај ми на колено.\nСтојнините очи, ле мамо, црни, черешови,\nСтојнините веѓи, ле мамо, морски пијавици.\nСтојне бре, Стојне, стапни ми на нога,\nерген бре дилбер, елај ми на колено.\nСтојнината снага, ле мамо, тенка ка топола,\nСтојниното грло, ле мамо, лично огледало.\nСтојне бре, Стојне, стапни ми на нога,\nерген бре дилбер, елај ми на колено.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%B3%D0%BE_%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B5", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2628", "title": "Сношти либето помина", "text": "Сношти либето помина\nкрај нашата ни градина\nдве три думи ми продума\nод тебе либе се разделвам.\nАх ти си мој, ах пак сум твој\nах ти си моето верно либе.\nТргам либе туѓина\nдушата ти ја оставам\nмајка ти е причина\nза нашата ни разделба.\nАх ти си мој, ах пак сум твој\nах ти си моето верно либе.\nТргам либе на печалба\nсрцево ми го изгоре\nти ќе ми бидеш в' туѓина\nи моја среќна иднина.\nАх ти си мој, ах пак сум твој\nах ти си моето верно либе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BB%D0%B8%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2626", "title": "Смилево славно в' оган гори", "text": "Топовите грмат, татни земјата\nпламен се дига до небото.\nЖалете браќа, браќа славјани\nСмилево славно в' оган гори.\nЖените плачат, пиштат децата,\nмоми се кријат во беспокој.\nНаспроти стои Даме Груев,\nверна дружина командува.\nУдрете браќа, не се плашете,\nскоро ќе падне овој тиран.\nИ на ова царство ќе достоеме,\nна таја пуста тиранија.\n1 Забелешки\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%BE_%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE_%D0%B2%27_%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D0%BD_%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2629", "title": "Сношти минав крај рајската градина", "text": "Сношти минав, сношти минав\nкрај рајската градина\nтам' си најдов, там си најдов,\nдва букета рајски цвет. [х2]\nНе ми биле, не ми биле\nдва букета рајски цвет,\nтук ми биле, тук ми биле\nдвајца млади вљубени. [х2]\nЈас ги питам, јас ги питам\nшто е мило на светот\nдали пари или имот\nили искрена љубов. [х2]\nАк' ме питаш, ак ме питаш\nшто е мило на светот\nниту пари ниту имот,\nсамо искрена љубов. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2630", "title": "Сношти минав покрај вашето порте", "text": "Сношти минав покрај вашето порте\nваш'то порте беше затворено.\nПред портето зелена ливада\nво ливада два бели шатори.\nВо шатори брат и сестра лежат\nбратот спие, а сестрата го буди.\nСтани брате да би нестанало\nнаш'то село оган го изгори.\nАко гори нека се запали\nкога немам свое машко дете.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%B2%D0%B0%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B5", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2632", "title": "Сношти минав, сношти минав", "text": "Сношти минав, сношти минав\nпокрај ваш'то градинче,\nтам си најдов, там си најдов\nдо два ѓула ц'внати.\nНе ми биле, не ми биле\nдо два ѓула ц'внати\nтук ми биле, тук ми биле\nдо две души вљубени.\nЕм се љубат ем се грлат\nем си тихо зборуват\nљубовта е, љубовта е\nљубовта е отровна.\nМеракот е, меракот,\nмеракот е до гроба.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2%2C_%D1%81%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2634", "title": "Сношти сакав да ти дојдам", "text": "Сношти сакав да ти дојдам [х2]\nна таа слатка вечера,\nна тоа вино црвено,\nлудо младо бре.\nСношти сакав да ти дојдам [х2]\nситна роса зароси,\nсилно ветре подувна,\nне можев да дојдам.\nКаков јунак ти ќе бидеш [х2]\nод роса да се уплашиш,\nкај мене да не дојдеш,\nа бре будало.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%B2_%D0%B4%D0%B0_%D1%82%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B0%D0%BC", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2635", "title": "Сношти со поминав покрај ваш’то порте", "text": "Сношти си поминав\nпокрај ваш'то порте\nтебе не те најдов Стевке\nна порти да стоиш.\nНа порти да стоиш\nмене да ме чекаш, [х2]\nмене да ме чекаш Стевке\nоти војник ќ' одам.\nЦвеќе да набереш\nбукет да наредиш, [х2]\nбукет да наредиш Стевке\nмене да испратиш.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D1%81%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%B2%D0%B0%D1%88%E2%80%99%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B5", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2638", "title": "Спрема се Младен, спрема се", "text": "Спрема се Младен, спрема се,\nмладо аскерче да оди,\nдевет години да служи,\nво таја града Битола.\nТатко му пари броеше,\nмајка му руба спремаше,\nбраќа му коњче ковеја,\nлибе му китка даваше,\nтихо му дума думаше.\nМладене, либе Младене,\nкитка в' пазува да чуваш,\nкога ќе китка овене,\nјас ќе се либе посвршам.\nЈас ќе се либе посвршам,\nза црна земја робинка.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD%2C_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0_%D1%81%D0%B5", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2637", "title": "Сон сонила Орданица", "text": "Сон сонила, леле Орданица,\nод Ордана Пиперката.\nНа полноќ се она разбудила,\nОрдан за рака го гибнала.\nСтани Ордан море, да би не станал,\nлош сон сум ти сонувала!\nДа не одиш, Ордан, село Вевчани,\nоти е село сардисано.\nНе плаши се, мори, Орданице,\nја подај ми остра сабја,\nи подај ми пушка берданка.\nДа излезам мори пред четата,\nпа да видам мори Орданице,\nкој го село сардисало.\nКога виде Ордан, што ќе види,\nцело село море, садисано,\nзнак ми даде со пушката,\nаскер писна до Господа.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BD_%D1%81%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%9E%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2636", "title": "Собрале ми се сватови", "text": "Собрале ми се сватови\nсо девет рала тапани\nкумови одат на чело\nпесна си пеат весело.\nПовелете мили гости\nкуќа ви е отворена. [2х]\nУдрете силно тапани\nвивнете зурли до небо\nсекој да чуе разбере\nсе' живо да се собере.\nПијте вино и ракија\nсреќно и аирлија. [2х]\nНаздравете мили сватови\nда ни се живи младите\nденеска свадба правиме\nа до година крштенка.\nРујно вино се налева\nсе' до капка се испива. [2х]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2639", "title": "Среќата со пари не се купува", "text": "Нема, нема љубов без двајца нас\nа без љубов нема за нас двајца спас.\nСреќата со пари не се купува,\nљубовта без мерак век не векува. [х2]\nАко пари сакаш, друга најди си\nако љубов сакаш, мене гледај ме.\nСреќата со пари не се купува,\nљубовта без мерак век не векува. [х2]\nКој што пари сакал аир не видел\nкој што љубел, сакал, живот живеел.\nСреќата со пари не се купува,\nљубовта без мерак век не векува. [х2]\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D1%9C%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%81%D0%BE_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8_%D0%BD%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BA%D1%83%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2640", "title": "Стани Донке, стани пиле", "text": "Стани Донке, стани пиле порано\nсвршеникот ќе ти дојде еј на ручок.\nУште зборот недоречен тој дојде\nи на Донка и' се моли еј до бога.\nВервај Донке, вервај душо во мене\nкоња јавам, коњ да пукне под мене\nако љубам друго либе освен тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5%2C_%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2641", "title": "Димитрио, сине Митре", "text": "Димитрио, сине Митре,\nмајкино единче.\nТри години, сине Митре,\nмајка болна лежи.\nТи не дојде, сине Митре,\nмајка да си видиш.\nДа ме прашаш, сине Митре,\nотшто болна лежам.\nДимитрио, сине Митре,\nмајкино будалче.\nЗар не видиш, сине Митре,\nда те жена вара?\nАко, ако мајко,\nнека вара,\nбарем е убава.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BE%2C_%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B5_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2633", "title": "Сношти поминав покрај битолските касарни", "text": "Сношти поминав заминав\nпокрај битолските касарни\nбен сени северам, чок сени северам\nпокрај битолските касарни.\nСите момчиња там' беа\nсамо мојто момче не беше\nбен сени северам, чок сени северам\nсамо мојто либе не беше.\nСтори ме Боже престори\nедно сиво голабче\nбен сени северам, чок сени северам\nедно сиво голабче.\nДа летнам Боже прелетнам\nна рамо да му застанам\nбен сени северам, чок сени северам\nна рамо да му застанам.\nНа рамо да му застанам\nдо две-три думи да прозборам\nбен сени северам, чок сени северам\nдо две-три думи да прозборам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BD%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2_%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2643", "title": "Мама ми купила шарени чорапи", "text": "Верзија од Сереско:\n:Мама ми купила\n:шарени чурапе,\n:ни она ги носе,\n:ни на мен ги дава\n:рак трака трака трака\n:ни на мен ги дава\n:Мама ми купила\n:срмено коланче ...\n:Мама ми купила\n:ковано ѓерданче...\nВерзија од Костурско:\n:Баба ми плетила\n:шарени чорапи\n:дали да ги носам\n:или да ги чувам\n:Носи, носи, море,\n:дедо ќе те пули.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BC%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D1%88%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D1%87%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2652", "title": "Викиизвор:Селска чешма (Техника)/Банер", "text": "Портал за дискусија на викитехникатаОвде можете да давате предлози и критики за различните технички аспекти на Википедија и на МедијаВики софтверот. Доколку ова не е местото кое го баравте, консултирајте се со главната страница на порталот или видете Викиизвор:Прашања.\n----\nЗа да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу и запаметете:\n* Останете цивилни и културни. Вандализмот бргу се отстранува.\n* Пораките оставајте ги на дното од страницата\n* Давајте описен наслов на вашиот нов коментар\n* Потпишете се на крај со четири тилди (~~~~)\n[ Стиснете тука за да почнете нов разговор]\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0_%28%D0%A2%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%B0%29/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2650", "title": "Викиизвор:Селска чешма/Банер", "text": "Ова е главниот форум за дискусија на Викиизвор. За поспецифични дискусии, видете ги посебните форуми наведени преку горните врски. Ако сакате да поставите прашање, а не сте сигурни дека сте на вистинското место, видете ги сите наши служби на ''Викиизвор:Прашања''. Пред да поставите прашање или коментар, прочитајте ја долната кутија. Благодариме.\n----\nЗа да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу и запаметете:\n* Останете цивилни и културни. Вандализмот бргу се отстранува.\n* Пораките оставајте ги на дното од страницата\n* Давајте описен наслов на вашиот нов коментар\n* Потпишете се на крај со четири тилди (~~~~)\n[ Стиснете тука за да почнете нов разговор]\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25<includeonly>", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2658", "title": "Викиизвор:Селска чешма (Идеи)/Банер", "text": "Портал за изнесување на нови идеи\nАко имате било какви нови идеи и предлози кои можат да помогнат во функционирањето на Викиизвор и на нејзината заедница, ова е местото каде што можете да ги искажете. Отворени сме за креативност и за промени ;)Доколку ова не е местото кое го баравте, консултирајте се со главната страница на порталот или видете Викиизвор:Прашања.\n----\nЗа да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу и запаметете:\n* Останете цивилни и културни. Вандализмот бргу се отстранува.\n* Пораките оставајте ги на дното од страницата\n* Давајте описен наслов на вашиот нов коментар\n* Потпишете се на крај со четири тилди (~~~~)\n[ Стиснете тука за да почнете нов разговор]\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0_%28%D0%98%D0%B4%D0%B5%D0%B8%29/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2661", "title": "Викиизвор:Селска чешма (Критики)/Банер", "text": "Ви се допаѓа или не овој проект? Каде грешиме и како да го поправиме тоа - ова е местото за ''конструктивна'' критика. Кажете ни што не е в ред за да го поправиме ;)\n----\nЗа да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу и запаметете:\n* Останете цивилни и културни. Вандализмот бргу се отстранува.\n* Пораките оставајте ги на дното од страницата\n* Давајте описен наслов на вашиот нов коментар\n* Потпишете се на крај со четири тилди (~~~~)\n[ Стиснете тука за да почнете нов разговор]\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0_%28%D0%9A%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B8%29/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2654", "title": "Викиизвор:Селска чешма (Википолитика)/Банер", "text": "Добредојдовте на порталот за дискутирање на вики политикатаОвој портал служи за дискусија на сѐ што е поврзано со начелата и насоките на Викиизвор според кои таа се раководи како заедница. Доколку имате предлози за промени во начинот на кој функционира проектот и заедницата, ова е местото каде што можете да го искажете своето мислење. Исто така, ако Ви е потребна било каква помош со принципите на Викиизвор или сакате да пријавите некое нарушување, слободно сторете го тоа. Ако ова не е местото кое го баравте, консултирајте се со главната страница на порталот.\n----\nЗа да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу и запаметете:\n* Останете цивилни и културни. Вандализмот бргу се отстранува.\n* Пораките оставајте ги на дното од страницата\n* Давајте описен наслов на вашиот нов коментар\n* Потпишете се на крај со четири тилди (~~~~)\n[ Стиснете тука за да почнете нов разговор]\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0_%28%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0%29/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 154, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2666", "title": "Викиизвор:Селска чешма (Преводи и транслитерации)/Банер", "text": "Тука можете да се обратите за помош или да разјасните некоја несигурност во врска со преводи и транслитерации на имиња или поими од било кој јазик на македонски.\n----\nЗа да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу и запаметете:\n* Останете цивилни и културни. Вандализмот бргу се отстранува.\n* Пораките оставајте ги на дното од страницата\n* Давајте описен наслов на вашиот нов коментар\n* Потпишете се на крај со четири тилди (~~~~)\n[ Стиснете тука за да почнете нов разговор]\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0_%28%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8_%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8%29/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2646", "title": "Викиизвор", "text": "Викиизвор е проект на Фондацијата Викимедија кој е создаден сè до цел создавање библиотека од слободни текстови. За прв пат, Викиизвор започнал со работа во 2003 година под името ''„Project Sourceberg“'' и наскоро, во 2005 година, бил поделен на различни јазици. Викиизвор се занимава со собирање романи, книги, есеи, историски документи, поеми, писма, говори и различни официјални или неофицијално документи кои немаат авторски права и се слободни за употреба. Најголем Викиизвор е проектот на англиски јазик со 154.395 статии, додека Викиизворот на македонски јазик е на 41 место со 1.300 статии до 5 ноември 2010 година.\n1 Име и слоган\nИмето на проектот потекнува од комбинација на зборовите „вики“ и „извор“, каде „вики“ се однесува за платформата со која се работи. Слоганот на Викиизвор е ''„Викиизвир -слободна библиотека“''.\n2 Поврзано\n* Фондација Викимедија\n* Википедија\n* Википедија на македонски јазик", "subject": ["Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80", "word_count": 139, "cyrillic": 0.984}
{"id": "2698", "title": "Христо Ботев/ Хаџи Димитар", "text": "Жив е тој жив е! На Балкан лежи,\nПотонат в крви, болка го свила,\nДлабока рана на гради тежи,\nЈунак сред младост и машка сила.\nНа една страна зафрлил пушка,\nНа друга сабја на два дела,\nТемнеат очи, глава се лула,\nИ усни колнат вселена цела!\nЛежи тој јунак, под сводот волен\nЗапрено сонце срдито пече,\nЖетварка пее некаде в поле,\nА крвта уште посилно тече.\nЖетва е сега... Робинки, вие\nТаговно пејте! Греј и ти, сонце,\nВо ропска земја! Мрак ќе го скрие\nИ овој јунак ...Но молкни, срце!\nТој којшто в борба за слобода падне\nНема да умре: жалби му леат\nЗемја и небо, природа, зверој\nПеачи песни за него пеат!\nОрлица дење сенка му прави,\nРаната кротко волк му ја лиже,\nНад него сокол крилја ќе стави,\nЗа овој јунак, брат да се грижи!\nНастане вечер – месецот грејне,\nИ звезди небесен сее,\nЗашуми гора, ветерот вејне –\nАјдучка песна Балканот пее!\nИ самовилите в облека бела,\nПрекрасни, чудни песни му редат,\nИ тивко газат зелена трева\nКрај овој јунак тие да седат.\nЕдна на рана билки му става,\nДруга го прска со вода ладна,\nТрета во усни целив му дава,\nА тој ја гледа-милна и страдна.\n„ Кажи ми сестро кај е Караџата?\nДружина верна кај мине често?\nКажи, па земи ја мојата душа,\nСакам да умрам на ова место.“\nГушнати тие дур тој им збори\nПо духот негов летаат скришно,\nЛетаат, пеат дури до зори,\nГо бараат сегде под небо вишно.\nОсамна веќе! И Балкан стана,\nЈунакот лежи, крвта му тече,\nВолк му ја лиже лутата рана,\nА сонце силно пече ли – пече!“\nbg:Хаджи Димитър", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%91%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%B2/_%D0%A5%D0%B0%D1%9F%D0%B8_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80", "word_count": 269, "cyrillic": 0.996}
{"id": "2664", "title": "Викиизвор:Селска чешма (Правопис и граматика)/Банер", "text": "Прашања за правописот и граматикатаОвде можете да поставувате прашања и да добиете помош доколку имате двоумења со македонскиот правопис и граматика при преведувањето на текстовите на македонски. Исто така овде можете и да пријавите доколку сте забележале нешто во некој текст што сметате дека се коси со правописните и граматичките правила.\n----\nПред да поставите прашање, можеби овие страници можат да ви бидат од помош:\n* Правопис на македонскиот јазик\n* Правопис на македонскиот јазик\n----\nДоколку ова не е местото кое го баравте, консултирајте се со главната страница на порталот.\n----\nЗа да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу и запаметете:\n* Останете цивилни и културни. Вандализмот бргу се отстранува.\n* Пораките оставајте ги на дното од страницата\n* Давајте описен наслов на вашиот нов коментар\n* Потпишете се на крај со четири тилди (~~~~)\n[ Стиснете тука за да почнете нов разговор]\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0_%28%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81_%D0%B8_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0%29/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 149, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2707", "title": "Викиизвор:Автори-Г", "text": "1 Га\n:Викторија Гаго\n2 Гр\n:Јосиф Грезловски\n3 Ге\n:Ташко Георгиевски\n:Христо Георгиевски\n4 Ги\n:Аполон Гилевски\n:Паскал Гилевски\n:Сашо Гигов\n5 Го\n:Ема Голдман\n:Душан Горенчевски\n6 Гу\n:Сотир Гулески", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%93", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2697", "title": "Викиизвор:Автори-Б", "text": "1 Ба\n:Стојче Балкански\n:Влаве Банар\n:Димитар Башевски\n:Петар Башевски\n2 Бе\n:Лилјана Белева\n3 Бо\n:Бобан Богатиновски\n:Русомир Богдановски\n:Ана Илијоска-Богиќ\n:Ѓоше Бојаџиев\n:Борис Бојаџиски\n:Генади Болиновски\n:Јован Боцевски\n:Петар Т. Бошковски\n:Гордана Михаилова - Бошнаковска\n:Христо Ботев\n4 Бу\n:Александар Букарски\n:Вера Бушаровска\n:Наташа Бунтеска", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%91", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2689", "title": "Попаднала темна магла", "text": ":Поаднало ј’ џанам темна магла,\n:темна магла, џанам, по полето,\n:по полето, џанам, крај селото,\n:крај селото, џанам, крај малата,\n:крај малата, џанам, крај чешмата,\n:крај малата, џанам, крај чешмата,\n:Там се лафеја, џанам, мома и момче,(х2)\n:Кажи ми кажи моме твои лафове,(х2)\n:ка ме питаш лудо, ќе ти кажам (х2)\n:Сношти ме мен лудо армасаја\n:армасаја лудо за комшијта,\n:за комшијта лудо што го нејќам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n* Песната е од околината на Воден и е снимена неодамна.\n*", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%BB%D0%B0", "word_count": 85, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2705", "title": "Михаил Ренџов", "text": "1 Кратка Биографија\nМихаил Ренџoв е поет, прозаист и преведувач. Роден е на 25 август 1936 година во Штип. Завршил гимназија во родниот град, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ.\n2 Дела\n*Иселеник на огинот (поезија, 1965),\n*Ноќно растење на зборот (поезија, 1967),\n*Каде од оваа страна (поезија, 1968),\n*На работ од сонот (поезија, 1972),\n*Страв (поезија, 1976),\n*Полноќ (поезија, 1979),\n*Нерези (поезија, 1982),\n*Аутодафе (поезија, 1985),\n*Феникс (поезија, сонети, 1987),\n*Земја. Потоп (поезија, 1991),\n*Сонување патување (книга за деца, 1991),\n*Тој (лирска поема, 1993),\n*Шпил 33 (поезија, 1994),\n*Вечната бесконечната (поезија, 1996),\n*Јас оксиморон (поезија, 1998),\n*Ангела сонува (поезија за деца, 1998),\n*Псалми (поезија, 2000),\n*Апокалипса (драмска поема, 2002),\n*Раскази за Захариј (раскази, 2004).", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%A0%D0%B5%D0%BD%D1%9F%D0%BE%D0%B2", "word_count": 143, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2708", "title": "Викиизвор:Автори-Д", "text": "1 Да\n:Петко Дабески\n2 Ди\n:Младен Дилевски\n:Димитар Димитров\n:Александра Димитрова\n:Љупчо Димитровски\n:Лидија Димковска\n:Гоце Димовски\n:Петре Димовски\n:Славе Ѓорго Димоски\n:Димо Н. Димчев\n:Ангел Динев\n:Ана Динковска\n:Љиљана Дирјан\n3 До\n:Вецко Домазетовски\n:Елизабета Дончевска - Лушин\n4 Др\n:Симон Дракул\n:Васил Дрвошанов\n:Миодраг Друговац\n5 Ду\n:Дејан Дуковски\n:Димитрие Дурацовски\n:Трајко Дурчовски", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%94", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2690", "title": "Бегај бегај моме Стојно", "text": ":Бегај бегај моме Стојно\n:Ох, бегај бегај моме бре Стојно\n:да бегаме.\n:Не сам мома, за бегање,\n:Ох, не сам мома, леле бре Ѓорге,\n:за бегање\n:Имам платно за ткајање,\n:Ох, имам платно, леле бре Ѓорге,\n:за ткајање.\n:Јостави го на мајка ти,\n:Ох, јостави го моме бре Стојно\n:на мајка ти\n:Нека плаче, ем да ткае,\n:Ох, нека плаче моме бре Стојно\n:ем да ткае\n:Бегај бегај, моме Стојно,\n:ох, бегај бегај, моме бре Стојно\n:да бегаме.\n:Не сам мома, за бегање,\n:Ох, не сам мома, леле бре Ѓорге,\n:за бегање\n:Имам риза, за везање,\n:Ох, имам риза леле бре Ѓорге,\n:за везање.\n:Јостави ја на сестра ти,\n:Ох, јостави ја моме бре Стојно\n:на сестра ти.\n:Нека пеје ем да везе,\n:Ох, нека пеје, моме бре Стојно,\n:ем да везе\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n* Песната е од околината на Воден и е снимена неодамна (вториот дел од снимката):", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D1%98_%D0%B1%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%BE", "word_count": 153, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2706", "title": "Викиизвор:Автори-А", "text": "1 Аб\n:Ѓорѓи Абаџиев\n:Коста Абраш\n2 Ав\n:Душко Аврамов\n3 Ај\n:Георги Ајановски\n4 Ал\n:Роберт Алаѓозовски\n:Александар Алексиев\n:Никола Алтиев\n5 Ан\n:Миле Ангеловски\n:Боро Андов\n:Стојан Андов\n:В. Андоновски\n:Петре М. Андреевски\n:Цане Андреевски\n:Ивица Антески\n:Зоран Анчевски\n6 Ап\n:Борис Апостолов\n:Маја Апостолоска\n7 Ар\n:Олга Арбуљевска\n:Славка Арсова\n:Сузана Арсова\n:Георги Арсовски\n:Томе Арсовски\n8 Ат\n:Михо Атанасовски\n9 Ац\n:Весна Ацевска", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%90", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2725", "title": "Викиизвор:Автори-Н", "text": "1 На\n:Тихо Најдовски\n:Драгица Најческа\n:Душко Наневски\n:Сашко Насев\n:Лазо Наумовски\n:Смиле Наумовски\n:Волче Наумчески\n2 Не\n:Велко Неделковски\n:Миле Неделковски\n:Коле Неделковски\n:Андреј Нешковски\n3 Ни\n:Ванчо Николески\n:Кирил Николов\n:Оливера Николова\n:Роза Николова\n:Снежана Николовска\n:Васо Николовски", "subject": ["Викиизвор:Автори"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%9D", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2754", "title": "Викиизвор:Ирцање", "text": "Еден од начините за брза координација на овој проект, како и неформален разговор меѓу корисниците може да се одвива преку интернет, поточно преку ИРЦ разговор. Овде се наоѓаат информации за тоа.\n1 Технички детали\nЗа да се поврзете на нашиот канал потребно е да ја отворите страницата , да изберете irc.freenode.net меѓу серверите.\nТехничките детали околу поврзувањето на сервер, регистрација на прекари и останати информации можете да ги најдете на страницата Технички детали\n*Видете ја и оваа страница на англиски јазик за потполна листа на канали.", "subject": ["Администрација на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%98%D1%80%D1%86%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 87, "cyrillic": 0.965}
{"id": "2817", "title": "Сум се родил мераклија", "text": "Сум се родил мераклија\nмераклија баш бекрија.\nСум се родил мераклија\nна виното, ем ракија.\nСум се родил мераклија\nна виното, ем ракија.\nКо ќе умрам ил загинам\nво визбата ставете ме,\nсо ракија измијте ме,\nа со вино напијте ме.\nСо ракија измијте ме,\nа со вино напијте ме.\nПогреб да ми направите,\nнека бувнат тапаните.\nНека бувнат тапаните,\nтапаните ем зурлите.\nНека бувнат тапаните,\nтапаните ем зурлите.\nДа ме вие закопате\nво лозјето под сливите.\nШтом се родив мераклија,\nна виното ем ракија.\nШтом умирам мераклија,\nна виното ем ракија\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%83%D0%BC_%D1%81%D0%B5_%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BB_%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2821", "title": "Сулејман си има џанам 12 чифлици", "text": "Сулејман си има џанам\nдванајсет чифлици.\nЧифлици си дава џанам,\nЛена не ја дава.\nЛена не ја дава џанам,\nшто е многу лична.\nБела ем црвена џанам,\nтенка ем висока.\nЛенинита рамна снага,\nтешка половина.\nЛенините очи џанам,\nцрно черешови.\nЛенините гајтан веѓи,\nморски пијавици.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%83%D0%BB%D0%B5%D1%98%D0%BC%D0%B0%D0%BD_%D1%81%D0%B8_%D0%B8%D0%BC%D0%B0_%D1%9F%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BC_12_%D1%87%D0%B8%D1%84%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2823", "title": "Сулејман седит на кулата", "text": "Сулејман седит на кула, џанам\nМилјана одит на вода.\nИзвикнал Сулејман ага, џанам:\n- „Милјано моме убаво,\nостави стомни шарени.“\nОстави стомни шарени, џанам,\nкачи се горе на кула.\nКачи се горе на кула, џанам,\nотвори долап мусандра.\nИзвади шише ракија, џанам,\nтури ми да се напијам.\nДа пијам, да се опијам, џанам,\nна скути да ти преспијам,\nод грло да ти летувам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%83%D0%BB%D0%B5%D1%98%D0%BC%D0%B0%D0%BD_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2819", "title": "Сум се прошетал мори Ѓурѓе", "text": "Сум прошетал мори Ѓурѓе, сум прошетало\nсум прошетал мори Ѓурѓе цела Америка.\nСум поминало мори Ѓурѓе, сум поминало\nсум поминало мори Ѓурѓе седумдесет града.\nВо сека града мори Ѓурѓе, во сека града\nво сека града мори Ѓурѓе мома сум заљубил.\nОд сека мома мори Ѓурѓе, од сека мома\nод сека мома мори Ѓурѓе китка сум добило.\nСите ми китки мори Ѓурѓе, сите ми китки\nсите ми китки мори Ѓурѓе, редум овенале.\nСал твојта китка мори Ѓурѓе, сал твојта китка\nсал твојта китка мори Ѓурѓе, росна ем зелена.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%83%D0%BC_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BB_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B8_%D0%83%D1%83%D1%80%D1%93%D0%B5", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2827", "title": "Стојне бре, Стојне", "text": "Стојне бре, Стојне, убаво моме,\nшто ти е вино мори црвено?\nШто ти е вино црвено, Стојне,\nшто ти е љута мори ракија?\nДали си моме сама копала,\nили си аргати море викала?\nЕј море, лудо, аџамија џанам,\nне сум го сама море копала.\nЈас сум аргати викала лудо,\nмлади девојки, море беќари.\nЗатој е вино црвено, лудо,\nзато је лута море ракија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B5_%D0%B1%D1%80%D0%B5%2C_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B5", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2745", "title": "Викиизвор:Почетен курс", "text": "Добре дојдовте на вики Почетниот курс! Викиизвор е слободна и отворена библиотека, што значи дека и Вие можете да напишете некоја статија или да дополните или поправите некоја од веќе постоечките. Целта на овој курс (т.е. на овие 10 страници) е да се научите почетнички да ги уредувате статиите на лесен и едноставен начин. Откако ќе го завршите овој краток и едноставен курс, нема да имате потреба никој да прашувате за совет: како ова, а како она...\nСекако, нема да дознаете сѐ за Викиизвор. Ако се запрашувувате дали ќе можете да научите да го користите Викиизвор, знајте дека уредувачите на Викиизвор (т.е. корисниците кои придонесуваат со нас) се на возраст од 10-69 години, имаат најразлични професии и стручности и најверојатно единствената работа која ги поврзува е љубовта кон знаењето.\nАко за некој поим сакате да дознаете повеќе, треба само да ги следите викиврските, т.е. да стиснете на сината врска со што ќе најдете подетално објаснување за одреден поим.\nСледно: Да научиме за уредување →", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81", "word_count": 167, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2831", "title": "Станувај Донке", "text": "Станувај Донке, станувај пиле порано\nсвршеникот ќе ти дојде,\nеј Донке ле.\nНемој мамо,\nда ме будиш да станам\nтој си љуби друго либе\nосвен мене.\nУште зборот недоречен\nтој дојде\nи на Донка ѝ се моли\nеј до Бога.\nКоња јавам,\nкоњ да пукне под мене\nако љубам друго либе\nосвен тебе.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2829", "title": "Стојане море Стојане", "text": "Стојане, море Стојане, сине\nтри се лавчиња вдавија.\nТри се лавчиња вдавија, сине\nстрико ти прв да убијат.\nСтојане, ќе те обесат, сине\nсред село на ?,\nзашто си љубел момите, сине\nем калешите невести.\nЕм калешите невести, сине,\nем сиротите вдовици.\nМајко ле моја, мајчице мила,\nкога ќе мене да бесат,\nвисоко да ме дигает мајко,\nмомите да ме гледает.\nЛицето да им венеит, мамо\nсрцето да им копнеит.\nСрцето да им копнеит, мајко,\nснагата да им треперит.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2825", "title": "Судбо моја", "text": "Судбо моја, судбо ти проклета,\nшто грев стори, ти што ме запусти?\nМојта младост ти ми ја поцрне,\nлибе имав, оно ме остави.\nШто бре судбо јазе ти направив,\nцел век судбо болка ми остави?\nДојде време с' либе се разделив,\nсолзи ронам и со душа зборам.\nЗошто либе мене ме остави,\nсе љубевме време три години?\nСрце болно за тебе изгубив,\nлоша дума јазе не ти реков.\nСубдо моја, судбо ти проклета,\nзошто судбо мене ме проколна?\nЈас останав сирак без родбина,\nнемам судбо кој да ме превира.\nДалеку во пустиња ќе идам,\nкај што судбо сонце не огрева.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%83%D0%B4%D0%B1%D0%BE_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%B0", "word_count": 105, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2833", "title": "Стани Станке", "text": "Стани Станке, стани ќерко\nсонце те огреа\nсонце те огреа Станке мори\nна белото лице.\nСтани Станке, стани ќерко\nдворој да изметиш\nдворој да изметиш Станке мори\nстројници ќе дојдат.\nСтројници ќе дојдат, Станке\nтебе ќе те земат\nтебе ќе те земат Станке мори\nмногу на далеку.\nМногу на далеку,Станке\nмногу на далеку\nмногу на далеку Станке мори\nпреку три планини.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B5", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2835", "title": "Стани ми сине Стојане", "text": "Стани ми, сине Стојане,\nголемо оро се збрало Стојане,\nголемо оро се збрало.\nНа гергелички чаири\nиграат сине и пеат, Стојане,\nиграат сине и пеат.\nДо секоја мома и момче,\nдо Ратка твоја двамина, Стојане,\nдо Ратка твоја двамина.\nДва мина, сине овчари,\nовчари сине, чобани Стојане,\nовчари сине, чобани.\n- Нек' пеат мамо, нек' играат,\nРатка е моја, па моја, мамо ле,\nРатка е моја, па моја.\nПрстенот ми е уф неа,\nгривните ѝ се уф мене, мамо ле,\nгривните ѝ се уф мене.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B8_%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2676", "title": "Викиизвор:Успешни кандидатури за администраторски статус", "text": "1 Последни успешни кандидатури\n:''Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина\n:''Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:Ја прифаќам номинацијата. (29.04.2009 во 14:00, завршува на 06.5.2009 во 14:00 часот)\nЗа мене администраторскиот статус на Викиизвор на македонски јазик е само една обврска повеќе кон енциклопедијата на којашто сум активен. Мислам дека сум и потребен на Викиизвор на македонски јазик, а администраторскиот статус би ми ја олеснил работата и би ми дал можност за полесно реализирање на нови идеи. Со големо задоволство се номинирав и ја потврдувам својата номинација.\n1.0.1 Прашања за кандидатот\nДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Викиизвор како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.\n:1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?\n::О: Се кандидирам за администратор тука зошто на Викиизвор воопшто нема администратори и има потреба од администраторско внимание овој проект. Како прво се кандидирам за да помогнам про средување на техничките работи на овој проект, средување на целиот проект и подобрување на техничките и основните принципи на истиот. Исто така, овој проект има потреба од админ.\n:2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?\n::О: На овој проект ја направив главната страница, базирана на англиската и средував повеќе технички работи.\n:3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?\n::О: Не, воопшто не сум бил во контанкт со други корисници тука зошто скоро и да ги нема.\n1.0.2 Општи коментари\n----''Ве молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.''\n1.0.3 Дискусија\n*\n1.0.3.1 За\n#* Гласам за . На викиизвор и е потребен администратор. --GStojanov 14:09, 1 мај 2009 (UTC)\n* . Потребен е администратор. --Filip M 14:10, 1 мај 2009 (UTC)\n* . По дифолт --Raso mk 15:59, 1 мај 2009 (UTC)\n* --Brest 19:41, 5 мај 2009 (UTC)\n1.0.3.2 Против\n# Wikisource needs Administrator, not Ultranationalist. Regards! --StanProg 22:31, 5 мај 2009 (UTC)\n1.0.3.3 Воздржани\n#\n2 Резултат\nГласањето е завршено.\nКорисникот MacedonianBoy е избран за администратор на Викиизвор со 4 гласови за и 1 против.", "subject": ["Барања за администраторски статус"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A3%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%B4%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%81", "word_count": 408, "cyrillic": 0.946}
{"id": "2839", "title": "Стани ми Геле, Ангеле", "text": "Стани ми Геле, Ангеле\nстани ми чедо на мама\nпуста се зора зазори\nнад гора сонце огреа.\nСтани ми Геле, Ангеле\nоблечи руба ајдучка\nнарами пушка берданка\nи тргни синко в планина.\nИ тргни синко в планина\nтаму е твојта дружина\nза наш'та мила родина\nза наш'та Македонија.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B8_%D0%93%D0%B5%D0%BB%D0%B5%2C_%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B5", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2873", "title": "Викиизвор:Барање за одобрување на бот статус", "text": "1 User:Leaderbot\nFor meta:Global reminder bot - the bot will rarely run here, but it is not clear whether I can run the bot otherwise, so putting it here. Please ping me in a response. The bot flag is NOT required. Leaderboard (разговор) 17:21, 23 ноември 2024 (CET)", "subject": ["Администрација на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D1%82_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%81", "word_count": 50, "cyrillic": 0.044}
{"id": "2670", "title": "Викиизвор:Прашања", "text": "<noinclude>\n0.1 Пронаоѓање на информации\n* Пребарај — за многу прашања и е најбрзо и најлесно да се користи кутијата за пребарување.\nпр. За да го најдете главниот град на Канада, внесете ''Канада'' во кутијата лево и стиснете на ''Оди''.\n* Бирото за консултации — можете да ги прашате нашите волонтери за прашања за знаење (за сѐ освен користењето на Викиизвор)\nна пр. ''„Која држава има најголема флота за риболов?“''\n| |\n0.2 Како да го употребувате Викиизвор\n* ЧПП — Често поставувани прашања околу Викиизвор.\n* Помош:Содржина — информации за користењето на Викиизвор.\nна пр. ''„Како да создадам нова статија?“''* Биро за помош — местото за прашување на волонтерите за тоа како да ја користите и да го уредувате Викиизвор.\n*Помош за нови уредувачи — услуги за одговарање на прашањата на новите корисници.\n*Прашања за авторските права — места за прашања за наведената тема - помош при употреба на неслободни слики, текстови или други медиуми.\n0.3 Прашување на прашања или правење на коментари\n* Секоја статија има страница за разговор — стиснете на врската разговор на врвот на секоја страница за прашања, пријава на вандализам или за дискусии околу статијата.\n* Селската чешма е форумот за дискусија на многу технички и правилнички проблеми.\n| |\n0.4 ИРЦ\nЗа чет односно разговор со останатите википедијанци, постојат неколку Internet Relay Chat (IRC) канали, лоцирани на Freenode серверот (irc.freenode.net) чија адреса е irc.freenode.net, а нашиот канал, т.е. каналот на Викиизвор на македонски јазик е За повеќе информации прочитајте го ова упатство.\n|}\n<noinclude>\nВажни забелешки:\n* Викиизвор е мрежно место раководено од волонтери.\n* Нема гаранција за точноста на содржината на Викиизвор; волонтерите кои ги одговараат прашањата не се платени професионалци.\n* Ве молиме пишувајте ги сите коментари на релевантните страници; видете погоре.\n* Не одговараме преку е-пошта.\n* Ве молиме не ја контактирајте Викиизвор за повеќе документации или контакт адреси на славни личности или компании, или слични барања.\n''Ве молиме не ги поставувајте прашањата на оваа страница.''\n|}", "subject": ["Викиизвор форуми за помош"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0", "word_count": 310, "cyrillic": 0.964}
{"id": "2673", "title": "Викиизвор:Барања за администраторски статус/номинации", "text": "1 Вовед\nСо цел да се номинирате себеси или друг уредник за администраторски статус, мора прво да создадете БзАС потстраница за номинираниот, што ќе биде направено автоматски кога ќе ги проследите упатствата во соодветниот дел подолу. Ќе бидете директно одведени до таа страница кога ќе стиснете на копчето за номинација.\nОткако оваа БзАС потстраница ќе се создаде, номинаторот мора да објасне на БзАС потстраницата зошто овој номиниран би бил добар администратор, и номинираниот мора да ја прифати номинацијата на БзАС потстраницата ''пред'' да може да биде префрли на главната БзАС страница. Ова ги спречува уредниците од гласање против кандидатите едноставно бидејќи тие не ја прифатиле номинацијата или ги одговориле прашањата. Исто така ги спречува и номинираните и номинаторите од усрамување доколку биде одбиена номинацијата.\nЗабелешка: Се смета за добро доколку најпрво го контактирате евентуалниот номиниран пред да ја создадете БзАС потстраницата и да го номинирате - доколку номинираниот сака да почека или не сака да биде админ, создавањето на страницата може да биде малку непријатно за нив, затоа ве молиме проверете прво.\nКонечно, откако номинацијата е прифатена и прашањата се одговорени, номинираниот би требало да ја префрли на БзАС страницата кога тој е подготвен за БзАС да започне. Алтернативно, кандидатот може да побара од номинаторот да го направи тоа. Ова се прави со следење на врската „уредете ја оваа страница“ во соодветниот дел долу, и додавање на шаблонот даден на дното на оваа страница (со името на ''номинираниот'' заменето со КОРИСНИЧКОИМЕ) кон БзАС страницата. Идеално, номинираниот треба да го направи ова кога е задоволен со неговите одговори на прашањата.\nНе дозволувајте да се поставуваат гласови или коментари на БзАС страницата за номинација сѐ додека не биде поврзана со главната БзАС страница. Ова ќе спречи секаква контраверзност или обвинувања за нефер рекламирања на дадено БзАС.\nВе молиме забележете дека формуларите долу се однесуваат на први номинации - доколку номинираниот бил номиниран претходно, обидот да се пополни формуларот подолу ќе го однесе номинаторот до преходната номинација. За да креирате втора номинација, едноставно ставете го бројот 2 по корисничкото име на номинираниот.\n2 За да се номинирате себеси\n# Заменете го <code>КОРИСНИЧКОИМЕ</code> со вашето корисничко име во кутијата долу и стиснете на копчето.\n# Уредете ја страницата која ќе излезе и следете ги генерираните упатства за да ја пополните номинацијата. Зачувајте ја страницата.\n# Уредете ја страницата, и во дадениот простор, забележете дека ја прифаќате номинацијата. Исто така одговорете ги стандардните прашања за сите кандидати. Зачувајте ја страницата.\n# Променете го времето на БзАС страницата со цел да го посочите моменталното време.\n# [ Уредете ја оваа страница], додавајќи го следниот текст над најскорешната номинација (заменувајќи го КОРИСНИЧКОИМЕ со вашето име):\n#:<code>\n</code>\ntype=create\npreload=Шаблон:БзАСзамена\ndefault=Викиизвор:Барања за администраторски статус/КОРИСНИЧКОИМЕ\nbuttonlabel=Номинирајте се себеси\nbgcolor=#eeeeff\nwidth=65\n3 За да номинирате некого друг\n# Заменете го <code>КОРИСНИЧКОИМЕ</code> со корисничкото име на лицето кое сакате да го номинирате во кутијата долу и стиснете на копчето.\n# Уредете ја страницата која ќе излезе, следејќи ги генерираните упатства за да ја пополнете номинацијата.\n# Известете го корисникот кого што го номинирате на неговата/нејзината коринисничка страница за разговор, и вклучете врска до страницата која што штотуку сте ја создале (Викиизвор:Барања за администраторски статус/КОРИСНИЧКОИМЕ). Може и да го информирате корисникот со поставување на шаблонот на БзАС номинацијата на неговата/нејзината страница за разговор, кој автоматски ќе содржи врска до неговата/нејзината номинациска страница:\n#:<code></code>:Сѐ уште не го додавајте БзАС во Викиизвор:Барања за администраторски статус. Лицето кое го номинирате мора да ја прифати номинацијата, и мора самото да ја додаде.\ntype=create\neditintro=Шаблон:БзАС упатства\npreload=Шаблон:БзАСзамена\ndefault=Викиизвор:Барања за администраторски статус/КОРИСНИЧКОИМЕ\nbuttonlabel=Номинирајте друг корисник\nbgcolor=#eeeeff\nwidth=65\n4 Што да правите доколку сте номинирани од некого друг\n# Одете на вашата БзАС потстраница, и прифатете ја или одбиете ја вашата номинација. If you decline, be sure to inform your nominator.\n# Откако ќе ја прифатите вашата номинација, осигурајте се дека сте ги одговориле стандардните прашања за сите кандидати.\n# Променете го времето на вашата БзАС страница за да го посочите моменталното време.\n# [ Уредете ја оваа страница] и додадете го следниот текст над најскорешната номинација (заменувајќи го КОРИСНИЧКОИМЕ со вашето име):\n#:<code>\n----</code>", "subject": ["Барања за администраторски статус", "Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%81/%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8", "word_count": 682, "cyrillic": 0.961}
{"id": "2753", "title": "Викиизвор:Администрација", "text": "Администратори се вики корисници што имаат \"''sysop права''\". Вики софтверот има неколку функции чие користење е ограничено, но тие се многу битни за нормален развој на страната. Доколку имате некакви прашања, можете да им испратите електронска пошта на администраторите на следната адреса: mk@wikipedia.org.\n1 Што можат да направат sysop-ите\n1.1 Заштита на страни\nSysop-ите можат да изменат заштитени страни, да ставаат и симнуваат заштита на одредени страни. Заштита на една страна значи дека корисник што не е sysop не може да ја модифицира. Оваа страна е така заштитена.\n1.1.1 MediaWiki namespace\nКако резултат, sysop-ите можат да изменуваат заштитени страни и во MediaWiki namespace, што ги содржи пораките што се појавуваат на врвот на страните како Special:Whatlinkshere и страната што блокираниот корисник ќе ја види при обид за менување на страната, како и многу други аспекти на интерфејсот.\n1.2 Бришење на страни\nSysop-ите можат да бришат страни и нивни истории. Тие исто така можат да гледаат и враќаат избришани страни и нивните истории.\nSysop-ите можат исто така трајно да бришат слики. Ова е нереверзибилна измена: еднаш избришано, засекогаш избришано. Забелешка: не постои причина зошто една слика не би можела да биде реверзибилна; така едноставно работи софтверот во овој момент.\n1.3 Реверзија\nSysop-ите можат да ревертираат страни набрзина. При преглед на дејството на еден корисник, линк што изгледа вака: [rollback] се појавува веднаш до измените што се на врв на историјата на измени. Кликнувајќи на линкот, страната може да се врати на состојбата на последната измена на која корисникот не се појавува како автор со белешка ''(ревертирана измена на X до последната верзија на Y)''. Ова ги исклучува реверзиите на анонимни вандали. Забелешка: секој корисник, дури и оние што не се логирани, можат да менуваат страни, но низ понезгодна процедура.\nSysop-ите можат да скријат вандализам од Recent Changes страната. Да се направи ова, вметнете &bot=1 на крајот од url-то што се користи за пристап на додатоците на корисникот. На пример:\nhttp://en.wikipedia.org/w/wiki.phtml?title=Special:Contributions&target=Michael&bot=1\nКога rollback линковите на листата на додатоци се кликнати, и ревертираната и оригиналната измена што ја ревертирате ќе биде скриена од Recentchanges дисплејот. Овој механизам го користи маркерот оригинално додаден да се чуваат масовните бот измени од поплавување на recent changes страната, оттаму поимот \"bot\". Овие измени ќе бидат скриени од recent changes страната освен ако го стиснете \"bots\" линкот да наместите hidebots=0. Измените не се скриени од страната на додатоци, историја итн. Измените остануваат во базата на податоци, но тие веќе не ги преплавуваат Recentchanges. Целта на оваа функција е да го намали дејствието на големите вандали со релативно малку напор.\n1.4 Блокирање и деблокирање\n*Sysop-ите можат да блокираат и деблокираат IP адреси. IP блоковите истекуваат по 24 часа.\n*Sysop-ите исто така можат да блокираат и кориснички имиња. Special:Ipblocklist ги подредува моментално блокираните адреси и кориснички имиња. Блокирањето на кориснички имиња не е овозможено нормално. Тоа може да се вклучи со поставување на <code>$wgSysopUserBans=true;</code> во LocalSettings.php. Кога тоа не е вклучено, ќе добивате error message со порака 'IP Address does not exist.' Белешка: Наместете го овој код на дното на скриптата; не функционира поставен на врвот. Непостоечки кориснички имиња исто така можат да бидат блокирани, така што мора да се осигурате дека го имате точното корисничко име.\n1.5 База на податоци\nSysop-ите можат да поставуваат read-only текстови во базата на податоци.\n2 Правење sysop-и\nКорисници со \"бирократски\" статус можат да претворат други корисници во sysop-и (но не и да одзимаат sysop статус). Бирократите се создаваат од страна на „развивачите“.\n3 Привилегии при логирање\nКорисниците со обичен пристап, вклучувајќи ги и посетителите што не се логирале, се уште можат да направат многу нешта, вклучувајќи го и најбитното: изменување на страни и помагање со задачи за одржување. Но само логирани корисници можат да кренат слики преку Upload file функцијата или пак да преименуваат (поместуваат) страни.\n4 Види исто така\n*Администратори\n*Meta:Requests for permissions\nbs:Wikizvor:Administracija\nsr:Викизворник:Администрација", "subject": ["Администрација на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 680, "cyrillic": 0.877}
{"id": "2860", "title": "Викиизвор:Често поставувани прашања", "text": "1 Видови на ЧПП\n*Општи ЧПП: основни прашања за проектот Викиизвор.\n*Читателски ЧПП: наоѓање, читање и користење на материјалите во Викиизвор.\n*ЧПП за соработници: зошто би сакале да соработувате и на кој начин да го сторите тоа.\n*ЧПП за уредувањето: основни прашања за создавањето и уредувањето на статии во Викиизвор.\n*Административни ЧПП: администратори и како да се здобиете со администраторски права.\n*Технички ЧПП: системот на Викиизвор.\n*ЧПП за проблеми: проблеми и потешкотии\n*Останати ЧПП: сè останато\n2 Поврзано\n*Речникот на Википедија.\n*Страницата за помош.\n|}", "subject": ["Викиизвор помош"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A7%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2851", "title": "Викиизвор:Вовед", "text": "Вовед, Истражете, Уредувајте, Почетен курс\n''Добре дојдовте на сајтот на македонскиот Викиизвор!''\n0.1 Што е Викиизвор?\nВикиизворите се места каде луѓето работат заедно за да состават библиотеки на различни јазици. Оваа библиотека е на македонски јазик и моментално има статии. Целата нејзина содржина е слободна за употреба. Нашата цел е да ја создадеме сумата на целото човеково знаење; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.\n0.2 Можам ли и јас да уредувам?\nВикиизвор претставува „вики“ вебсајт - ова значи дека ''секој'' може да ја уредува нејзината содржина, дури и Вие!\nДали го забележавте копчето уреди на врвот на сите страници? Со кликање овде Ви се отвора нов прозорец во кој можете да ја промените или дополните содржината на страницата.\nИспробајте ја функцијата на уредување во страницата која ние ја нарекуваме „песок“. Оваа врска ќе Ве доведе до песокот на Викиизвор каде што можете слободно да експериментирате!\nИстражете го Викиизвор &rarr;", "subject": ["Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%92%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4", "word_count": 154, "cyrillic": 0.993}
{"id": "2874", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Уредување на статиите)", "text": "Кога сте на страница која сакате да ја уредите, стиснете на табот уреди кој се наоѓа на самиот врв на страницата.\nКога кликнувате на уреди, се појавува текстот на страницата во рамката за промени, каде можете да го уредувате текстот по Ваша желба.\n0.1 Преглед пред зачувување на промените\nКога сте готови со промените, задолжително стиснете на копчето Прегледај, кое се наоѓа под рамката за промени. Тоа копче ќе ви покаже како ќе изгледа новиот текст кога ќе го зачувате. Ако не сте задоволни, продолжете со промените, а потоа повторно стиснете Прегледај.\n0.2 Опис\nОткако сте ги направиле сите промени, внесете во малето поле под рамката за промени (таму каде што пишува Опис) каква промена сте извршиле (бидете кратки!) - тој опис ќе се појави на страницата Скорешни промени. Потоа стиснете на копчето Зачувај ја страницата. Страницата тогаш ќе биде зачувана на Викиизвор.\n* СОВЕТ: Ако имате намера да правите поголеми измени или да пишувате подолг текст, подобро е најпрвин да го ископирате стариот текст на својот компјутер (користејќи Notepad или некој друг уредувач на текст), таму уредете го, а потоа конечната верзија ископирајте ја во рамката за промена на текстот на страницата. Тоа е корисно и затоа што можете да ги чувате текстовите на Вашиот комјутер, па можете да го дополнувате и кога не сте поврзани на интернет (со што штедите пари ако немате ADSL или друга постојана интернет врска).\n* СОВЕТ 2: Ако статијата треба подолго време да се уредува (неколку часа) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната поставете (со две големи загради).\n0.3 За напредните\nОткако ќе создадете и ќе зачувате нова страница, добро е да го направите следново:\n* На таа страница стиснете на текстот ''Што води овде?'' на левата страна, под лентата за пребарување, за да проверите дали има статии кои веќе водат кон неа и дали го користат истото значење кое Вие сте го искористиле;\n* Проверeте на за сите страници на Викиизвор на македонски јазик, каде се спомнува името на статијата која сте ја уредувале и направете викиврски кон истата.\n* Проверете дали има статии на иста тема на другите јазици на Викиизвор и ставете ги како интервики врски во статијата.\nТестирајте во песокот\nПродолжете го курсот со форматирање →", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%A3%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B8%D1%82%D0%B5%29", "word_count": 371, "cyrillic": 0.995}
{"id": "2877", "title": "Викиизвор:Почетен курс (ВикиПроекти)", "text": "Викиизвор е библиотека која може да се уредува (а содржи и некои теми кои обично се наоѓаат во алманах). Според тоа, статиите треба да се состојат од енциклопедиски информации за важни теми. Што точно претставува важност на Викиизвор е тема на многу дебати, но малкумина од нас веруваат дека треба да има статии за секое лице на планетата, за секоја компанија која продава било што или за секоја улица во секој град во светот. Но, сепак, постојат сестрински проекти за некои видови на неенциклопедиски содржини.\nСекоја статија која само дефинира некој збор или кратка фраза, треба да се најде во типичен речник, а тоа што не може да се прошири во енциклопедиски статија треба да се вклучи во Викиречник сестринскиот проект.\nОригинален изворен текст, како што се книгите објавени во јавен домен, треба да бидат постирани за да станат попристапни, а за таа цел постои другиот сестрински проект на Викиизвор, Викиизвор.\nПоважните сестрински проекти се:\nВикиречник - Речник\nВикикниги - Бесплатни учебници и прирачници\nВикицитат - Збирка цитати\nВикипедија - слободна енциклопедија\nВикивидови - Директориум на видови\nВикивести - Извор на вести со бесплатна содржина\nРизница - Заедничка медиумска колекција\nМета-Вики - Координација на Викимедија проектот\nСо Викиизвор, на македонски јазик активни се уште и Викикниги,\nВикиречник и Википедија . Останатите проекти се достапни на англиски јазик (и/или други светски јазици).\nПродолжете со курсот за надворешни врски →", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%29", "word_count": 220, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2866", "title": "Викиизвор:Портал/Помош/Банер", "text": "Скокни до дното\nОваа страница е исклучиво за прашања поврзани со користењето на Викиизвор.\nПрочитајте го следново пред да го поставите вашето прашање:# Пред да прашате, ве молиме прочитајте ги често поставувани прашања. Вашето прашање најверојатно е претходно одговорено.\n# Ве молиме уверете се дека ние ''не можеме'', под ниедни услови, да овозможиме медицински, легални или било какви професионални совети кои се нормално регулирани од органите на власта.\n# За да поставите ново прашање, клилнете на линкот „''Стиснете овде за да го поставите вашето прашање''“ даден подолу. Запомнете да искористите описен наслов и да го потпишете прашањето со 4 тилди на крајот (~~~~).\n# По поставувањето на прашањето, проверете ја оваа страница за одговор(и).\nОткако го прочитавте погорното, за користењето на Викиизвор\nСпецијални услуги:\n* Ако поставите на вашата страница за разговор, некој уредувач ќе ве посети веднаш! (Помагачите можат да ве најдат во Викиизворци кои бараат помош.)\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15\n----\nНазад до врвот", "subject": ["Викиизвор:Помош"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BB/%D0%9F%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%88/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 162, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2857", "title": "Викиизвор:Вовед 3", "text": "Вовед, Истражете, Уредувајте, Почетен курс\nДодатоци на постоечките статии...* Дознајте повеќе за тоа како се уредуваат страниците\n* Прочитајте кратко упатство за тоа како се пишуваат статиите\n* Организација и форматирање на текст\n* Унапредете ги статиите со слики и музика\n* Врски кон останатите статии на Викиизвор и други веб сајтови\nНапишете нова статија...* Прочитајте како да да ја напишете вашата прва статија\n* Почнете некоја од бараните статии\nПогледнете исто така...*Експериментирајте во Вики песокот\n*Прочитајте ги начелата и насоките на Викиизвор\n*Прочитајте ја политиката на неутрална гледна точка .\nПродолжете со целосниот почетен курс &rarr;", "subject": ["Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%92%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4_3", "word_count": 92, "cyrillic": 0.989}
{"id": "2870", "title": "Викиизвор:Прашања за авторски права/Банер", "text": ";Како да додадете ознака на постоечка слика:# Одете на страницата за опис на сликата (онаа чие име почнува со Слика:), стиснете на Уреди.\n# Од страницата Викиизвор:Лиценци за слики, изберете ја соодветната ознака.\n# Внесете го името на ознаката (на пр.: ), не заборавајќи на по текстот, во кутијата за уредување на страницата за опис на сликата.\n# Отстранете ги ознаките кои се жалат дека сликата нема ознака (на пр., )\n# Удрете Зачувај ја страницата.\n# Ако уште имате нешто нејасно, одете на „''Како да поставите прашање''“ подолу.\n;Како да поставите прашање:# За да поставите ново прашање стиснете на врската „''Стиснете овде за да го поставите Вашето прашање''“ дадена подолу.\n# Ве молиме потпишете ги Вашите прашања преку внесување на <code>~~~~</code> на крајот.\n# Проверете ја оваа страница за обновувања, ако не, побарајте да бидете известени на Вашата страница за разговор.\n#''Не'' ја вклучувајте Вашата е-пошта заради Ваша сопствена заштита. Ние ќе одговориме ''овде'' и не можеме да праќаме одговори по е-пошта.\n[ Стиснете овде за да го поставите Вашето прашање]", "subject": ["Викиизвор:Помош"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 164, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2868", "title": "Викиизвор:Помош за нови уредувачи/Банер", "text": "Страница за помош на нови уредувачи\nМесто за помош за уредувањето и снаоѓањето околу Викиизвор. Ве молиме прочитајте го упатството пред да поставите коментар.\nКаде да ви се одговорат останатите прашања\nДруги начини да добиете помош\nКако да поставувате прашања\nАрхиви: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 13 14 15", "subject": ["Викиизвор помош"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%88_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B8/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2852", "title": "Викиизвор:Вовед 2", "text": "Вовед, Истражете, Уредувајте, Почетен курс\nВикиизвор има голем број на статии. За да пронајдете некој поим во оваа библиотека, наједноставно е да го побарате во кутијата за пребарување кое во секое време се наоѓа на левата страна од вебсајтот, под логото. Едноставно внесете го поимот и стиснете на „Оди“ - толку е едноставно! Доколку сакате да направите поопределено пребарување на определен поим со листа на повеќе поврзани статии, стиснете на копчето „Пребарај“.\nСтатиите на македонскиот Викиизвор имаат наслови и текстови кои се напишани на ''кирилично писмо'', а не на латиница. Кога ја пребарувате библиотеката, пожелно е тоа да го правите на кирилица. На пример, пребарувањето за Жаба ќе даде повеќе резултати наспроти пребарувањето за Zaba. Доколку Вашиот оперативен систем или пребарувач нема софтверска поддршка за внесување на кириличен текст, ќе ве однесе до еден корисен сајт кој врши конверзија на латиничен во кириличен текст и обратно.\nВо продолжение се наведени неколку покорисни страници:\n----*Азбучен индекс на страници за пребарување по почетните букви на поимот;\n*Листа на тематски портали кои ја обработува содржината по категории;\n*Случајна статија генерирана од сајтот, за случајно да научите нешто повеќе;\n*Викиизвор:Портал е почетното место за да дознаете како да се вклучите во проектот, да видите што е ново и што треба да се сработи;\n*ЧПП - листа на најчесто поставуваните прашања кадешто даваме и нивни одговори.\n*Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Викиизвор, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.\n*Биро за консултации — Служејќи како виртуелни библиотекари, нашите волонтери даваат одговори на Вашите прашања од многу области, доколку сакате да научите нешто повеќе.\n----\nНаучете да уредувате→", "subject": ["Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%92%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4_2", "word_count": 265, "cyrillic": 0.996}
{"id": "2882", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Заклучок)", "text": "0.1 Готови сте\nСега ги знаете најважните работи за придонесување на Викиизвор. Имете коментари или фидбек за овој почетен курс? Чувствувате дека нешто не е добро објаснето, или сакате да знаете нешто што не е овде наведено? Слободно обратете ни се преку оставање на коментар на страницата за разговор. Ако имате потреба од дополнителна помош, главниот материјал се наоѓа во Помош:Содржина (секогаш постои врска преку левата странична лента за интеракција, под Помош).\n0.2 Корисни линкови\n* Помошна табела која ги содржи најосновните команди на Викиизвор, за брзо потсетување.\n* Прирачникот за стил дава напатствија за тоа каков треба да биде енциклопедискиот тон на една статија.\n* Селската чешма е централното место за поставување на прашања и добивање на одговори. Содржи повеќе подпортали за различни видови на помош.\n* ЧПП (често поставувани прашања) - нуди одговор на некои најосновни аспекти на Викиизвор.\n* Како да уредам страница содржи подетални информации во врска со уредувањето.\n* Азбучен индекс на статии за пребарување на статиите по нивниот наслов.\n* Листа на администратори - поодговорните уредувачи на Викиизвор, можете да ги контактирате за било каква техничка консултација или услуга.\n:Поздрав, и добро уредување!", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%BE%D0%BA%29", "word_count": 183, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2649", "title": "Викиизвор:Селска чешма", "text": "1 Betawiki: better support for your language in MediaWiki\nDear community. I am writing to you to promote a special wiki called Betawiki. This wiki facilitates the localisation (l10n) of the MediaWiki interface. You may have changed many messages here to use your language in the interface, but if you would log in to for example the Japanese language Wiktionary, you would not be able to use the interface as well translated as here. In fact, of over 1,700 messages in the core of MediaWiki, 1354 messages have been translated. Betawiki also supports the translation of messages for well over 100 extensions, with over 1,550 messages. Translators for over 70 languages contribute their work to MediaWiki this way every month.\nIf you wish to contribute to better support of your language in MediaWiki, as well as for many MediaWiki extensions, please visit Betawiki, and request translator privileges. You can see the current status of localisation of your language on MediaWiki.org and do not forget to get in touch with others that may already be working on your language on Betawiki.\nIf you have any further questions, please let me know on my talk page on Betawiki. We will try and assist you as much as possible, for example by importing all messages from a local wiki for you to start with, if you so desire.\nYou can also find us on the Freenode IRC network in the channel #mediawiki-i18n where we would be happy to help you get started.\nThank you very much for your attention and I do hope to see some of you on Betawiki soon! Cheers! Siebrand@Betawiki 17:54, 13 декември 2007 (UTC)\n2 Announcing Wikipedia 1.19 beta\nWikimedia Foundation is getting ready to push out 1.19 to all the WMF-hosted wikis. As we finish wrapping up our code review, you can test the new version ''right now'' on . For more information, please read the or the start of the final announcement.\nThe following are the areas that you will probably be most interested in:\n** New common*.css files usable by skins instead of having to copy piles of generic styles from MonoBook or Vector's css.\n* The default user signature now contains a talk link in addition to the user link.\n* Searching blocked usernames in block log is now clearer.\n* Better timezone recognition in user preferences.\n* Improved diff readability for colorblind people.\n* The interwiki links table can now be accessed also when the interwiki cache is used (used in the API and the Interwiki extension).\n* More gender support (for instance in logs and user lists).\n* Language converter improved, e.g. it now works depending on the page content language.\n* Time and number-formatting magic words also now depend on the page content language.\n* Bidirectional support further improved after 1.18.\nReport any on the labs beta wiki and we'll work to address them before they software is released to the production wikis.\nNote that this cluster does have SUL but it is not integrated with SUL in production, so you'll need to create another account. You should avoid using the same password as you use here. — Global message delivery 17:23, 15 јануари 2012 (CET)\n3 Wsexport: an automatic export tool for Wikisource\nHello, and first sorry for this automatic delivery message.\nAn export tool for Wikisource books, Wsexport, is currently in active development. It is a tool for exporting Wikisource's texts in EPUB, ODT and other file formats. It was created for French Wikisource, but it's also available for the other Wikisource subdomains. It can be used directly from its page on (for texts in all languages, use \"www\" for oldwikisource), or browsing (currently only for French Wikisource's texts).\nIn order to work, the tool need some configuration from your Wikisource subdomain, This page explains how to do it. Currently French, Italian, English, and German Wikisource does it.\nYou will find more information on The global Scriptorium. Ask here for all question.\nThis message was distributed to all Wikisources using the Global message delivery system. If you want to use it to send your messages, ask for permission here.\nTpt (d) 22:18, 15 јануари 2012 (CET)\n4 MediaWiki 1.19\n(Apologies if this message isn't in your language.) The Wikimedia Foundation is planning to upgrade MediaWiki (the software powering this wiki) to its latest version this month. You can help to test it before it is enabled, to avoid disruption and breakage. More information is available in the full announcement. Thank you for your understanding.\nGuillaume Paumier, via the Global message delivery system (wrong page? You can fix it.). 16:10, 12 февруари 2012 (CET)\n5 Update on IPv6\n(Apologies if this message isn't in your language. Please consider translating it, as well as the full version of this announcement on Meta)\nThe Wikimedia Foundation is planning to do limited testing of IPv6 on June 2-3. If there are not too many problems, we may fully enable IPv6 on (June 6), and keep it enabled.\nWhat this means for your project:\n*At least on June 2-3, 2012, you may see a small number of edits from IPv6 addresses, which are in the form \"<code>2001:0db8:85a3:0000:0000:8a2e:0370:7334</code>\". See e.g. w:en:IPv6 address. These addresses should behave like any other IP address: You can leave messages on their talk pages; you can track their contributions; you can block them. (See the full version of this announcement for notes on range blocks.)\n*In the mid term, some user scripts and tools will need to be adapted for IPv6.\n*We suspect that IPv6 usage is going to be very low initially, meaning that abuse should be manageable, and we will assist in the monitoring of the situation.\nRead the full version of this announcement on how to test the behavior of IPv6 with various tools and how to leave bug reports, and to find a fuller analysis of the implications of the IPv6 migration.\n--Erik Möller, VP of Engineering and Product Development, Wikimedia Foundation 03:12, 2 јуни 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n6 2011 Picture of the Year competition\n:commons:Commons:Picture of the Year/2011/Translations/mk • :commons:Commons:Picture of the Year/2011/Translations/no • :commons:Commons:Picture of the Year/2011/Translations/pl\nDear Wikimedians,\nWikimedia Commons is happy to announce that the ''2011 Picture of the Year competition'' is now open. We are interested in your opinion as to which images qualify to be the ''Picture of the Year 2011''. Any user registered at Commons or a Wikimedia wiki SUL-related to Commons is welcome to vote and, of course everyone is welcome to view!\nDetailed information about the contest can be found at the introductory page.\nAbout 600 of the best of Wikimedia Common's photos, animations, movies and graphics were chosen &ndash;by the international Wikimedia Commons community&ndash; out of 12 million files during ''2011'' and are now called ''Featured Pictures''.\nFrom professional animal and plant shots to breathtaking panoramas and skylines, restorations of historically relevant images, images portraying the world's best architecture, maps, emblems, diagrams created with the most modern technology, and impressive human portraits, Commons ''Features Pictures'' of all flavors.\nFor your convenience, we have sorted the images into topic categories.\nWe regret that you receive this message in English; we intended to use banners to notify you in your native language but there was both, human and technical resistance.\nSee you on Commons!\n--Picture of the Year 2011 Committee 20:30, 5 јуни 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n7 Bot policy\nHello. To facilitate steward granting of bot access, I suggest implementing the standard bot policy on this wiki. In particular, this policy allows stewards to automatically flag known interlanguage linking bots (if this page says that is acceptable) or bots that fix double redirects. The policy also enables global bots on this wiki (if this page says that is acceptable), which are trusted bots that will be given bot access on every wiki that allows global bots.\nThis policy makes bot access requesting much easier for local users, operators, and stewards. To implement it we only need to create a redirect to this page from Project:Bot policy, and add a line at the top noting that it is used here. If you use or prefer to use a dedicated project page for handling bot flag requests, that is also acceptable. Please read the text at Meta-Wiki before commenting. If you object, please say so; I hope to implement in two weeks if there is no objection, since it is particularly written to streamline bot requests on wikis with little or no community interested in bot access requests. Thank you for your consideration. --Rschen7754 18:48, 16 јули 2022 (CEST)", "subject": ["Викиизвор:Селска чешма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0", "word_count": 1492, "cyrillic": 0.005}
{"id": "2035", "title": "Закон за авторско право и сродни права", "text": "1 ОПШТИ ОДРЕДБИ\nЧлен 1\nСо овој закон се уредува правото на авторите над нивните дела од областа на книжевноста, науката и уметноста (во натамошниот текст: авторското право) и правата на изведувачите, на фонограмските и филмските продуценти, на радио и телевизиските организации и на издавачите (во натамошниот текст: сродните права), над нивните изведби и предмети на сродните права, како и остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права.\nЧлен 2\nВо смисла на овој закон:\n# «Јавност», значи достапност на авторско дело, под еднакви услови, на неодреден број лица надвор од вообичаениот круг на семејството или личните познаници;\n# «Објавување», значи дека авторското дело станало достапно на јавноста, независно од начинот и формата на која тоа е направено;\n# «Репродукција», значи изработка на примерок од авторско дело, фиксирано на материјална подлога, независно од видот на подлогата на примерокот, бројот на примероците и постапката;\n# «Дистрибуција», значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се пушти во промет или да се понуди на јавноста заради продажба или друг вид пренос на сопственичко право, како и увоз на оригинал или примерок за натамошен промет;\n# «Издавање», значи репродукција на авторско дело во доволен број примероци и нивна дистрибуција;\n# «Изнајмување», значи оригиналот или примерокот на авторското дело да се даде на користење на определено време, заради непосредна или посредна економска корист;\n# «Јавно изведување», значи објавување во живо или преку технички средства на книжевно или музичко дело, како и објавување во живо на сценско дело;\n# «Јавно пренесување», значи изведба на книжевно, музичко или сценско дело да се објавува надвор од просторот или местото на изведувањето, независно од средството, начинот и постапката на пренесувањето (звучник, екран и слично);\n# «Јавно прикажување», значи преку технички средства да се објави кинематографско или друго аудиовизуелно дело или дело од областа на фотографијата, ликовната уметност, архитектурата, урбанизмот, применетата уметност, дизајнот, картографијата, како и дела од научна и техничка природа;\n# «Јавно изложување», значи објавување на оригинал или примерок на дело од ликовната уметност, на фотографско дело или на дело создадено во постапка слична на фотографската;\n# «Радиодифузно емитување», значи објавување на авторско дело преку радио и телевизиски програмски сигнали безжично, вклучувајќи сателит во кодирани или некодирани форми или жично, вклучувајќи кабловски или микробранов систем. Како радиодифузно емитување се смета и емитувањето преку телевизиски програмски сигнали по инди-видуално барање (on demand);\n# «Радиодифузно реемитување», значи истовремено, во целина и непроменето објавување на радиодифузно емитувано дело, доколку го врши друга радио и телевизиска организација или доколку се работи за пренос по кабловски или микробранов систем, а се однесува на повеќе од сто кабловски приклучоци или доколку делото почетно се емитува од друга држава (кабловско реемитување) и\n# «Преработување», значи изворното авторско дело да се преведува, обработува, приспособува, аранжира или на друг начин да се преработи.\n2 АВТОРСКО ПРАВО\n2.1 Авторско дело\nЧлен 3\nАвторско дело, во смисла на овој закон, е индивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЗа авторско дело се смета особено:\n* пишано дело, како, книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура, научен труд, расправа и слично,\n* компјутерска програма, како книжевно дело,\n* говорно дело, како, говор, беседа, предавање и слично,\n* музичко дело, со или без текст,\n* драмско дело, драмско-музичко дело и куклено дело,\n* кореографско и пантомимичарско дело, фиксирано на материјална подлога,\n* фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската,\n* кинематографско дело и друго аудиовизуелно дело,\n* ликовно дело, како, слика, графика, скулптура и слично,\n* архитектонско дело,\n* дело од применетата уметност и дизајнот и\n* картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата или друга научна, образовна, техничка или уметничка природа.\nЧлен 4\nСоставните делови на авторското дело, како и насловот на авторското дело, доколку сами по себе претставуваат индивидуална и интелектуална творба, уживаат иста заштита како и самото дело.\nНе е дозволено, како наслов на авторското дело да се користи наслов што веќе бил употребен за дело од ист вид, доколку таквиот наслов би создал или би довел до создавање забуна во однос на авторското дело.\nЧлен 5\nКако авторско дело во смисла на овој закон, не се смета: идеја, концепција, откритие, службен текст од законодавна, извршна и судска област и нивен превод, кога е објавен како службен текст (во натамошниот текст: друго дело).\nЧлен 6\nПреработка на авторско дело, на друго дело и на дело од народното творештво, што претставува индивидуална и интелектуална творба, е самостојно авторско дело.\nСо преработката на авторско дело не е дозволено да бидат засегнати правата на авторот на изворното дело.\nЧлен 7\nЗбирка на авторски дела, на дела од народното творештво или на други дела, како што е: енциклопедија, антологија, зборник, база на податоци, збирка на документи и други збирки, што според изборот, намената или распоредот на содржината претставува индивидуална и интелектуална творба, е самостојно авторско дело.\nСо внесувањето на изворно дело во збирка, не е дозволено да бидат повредени правата на авторите на тоа дело.\nСо внесувањето на друго дело во збирка, тоа дело не станува авторско дело.\nЧлен 8\nДела од народното творештво се користат согласно со овој закон.\n2.2 Автор\nЧлен 9\nАвтор, во смисла на овој закон, е физичко лице кое создало авторско дело.\nЧлен 10\nЗа автор се смета лице чие име, псевдоним или ознака на вообичаен начин е означено на делото или е наведено при неговото објавување, додека не се докаже спротивното.\nВо случај кога авторот не е познат, авторското право на објавено дело го остварува оној којшто го објавил делото.\nОдредбата од став 2 на овој член престанува да важи кога иден-титетот на авторот ќе биде утврден. Во тој случај, носителот на авторското право од став 2 на овој член е должен користа од авторското право да му ја пренесе на авторот, доколку со договор не е поинаку определено.\nЧлен 11\nДоколку авторското дело, создадено во соработка на две или повеќе лица, претставува неделива целина, на сите лица (во натамошниот текст: коавтори) им припаѓа неделиво авторско право на тоа дело.\nУделот на одделните коавтори се определува согласно со вистинскиот придонес што секој од нив го дал во создавањето на авторското дело, доколку со меѓусебен договор не е поинаку определено.\nЗа користење на делото од став 1 на овој член заеднички одлучуваат сите коавтори, при што, ниеден од нив нема право да го спречи користењето на делото спротивно на принципите на совесност и чесност.\nДоколку авторското дело, во смисла на став 1 од овој член, претставува делива целина, секој коавтор има авторско право на својот придонес во тоа дело.\nЧлен 12\nВо случај кога повеќе автори ги здружуваат своите дела заради заедничко користење, соодветно се применуваат одредбите од член 11 на овој закон.\n2.3 Содржина на авторското право\n2.3.1 Општи одредби\nЧлен 13\nАвторското право му припаѓа на авторот врз основа на самото создавање на делото, независно дали делото е објавено.\nЧлен 14\nАвторското право е единствено право и неразделно од авторското дело, што содржи исклучиви лично-правни овластувања (во натамошниот текст: морални права), исклучиви имотно-правни овластувања (во натамошниот текст: материјални права) и други овластувања на авторот (во натамошниот текст: други права).\n2.3.2 Морални права\nЧлен 15\nМоралните права го штитат авторот по однос на неговата индивидуална и интелектуална врска со делото.\nЧлен 16\nАвторот има исклучиво морално право:\n* да одлучи дали, кога и како ќе биде прв пат објавено неговото дело;\n* на признавање на авторството на своето дело;\n* да одлучи дали при објавувањето на делото ќе се наведе неговото авторство и со каква ознака;\n* да бара при секое користење на делото на вообичаен начин да биде наведено неговото име, псевдоним или друга ознака;\n* на сочувување на целината на делото и да се спротивстави на секакво деформирање, сакатење или менување на неговото дело, односно да се спротивстави на секое користење на делото што може да & наштети на неговата личност, чест и углед;\n* да го измени делото, доколку со тоа не се нарушуваат правата стекнати од други лица и\n* да го откаже правото на носителот на негово материјално право, согласно со овој закон.\nЧлен 17\nАвторот има исклучиво право да му го откаже правото на носителот на неговото материјално право, доколку за тоа има вистински морални причини и доколку претходно на носителот му ја надомести штетата што настанала заради тоа.\nНосителот од став 1 на овој член, е должен, во рок од три месеци од приемот на откажувањето, да му ја соопшти на авторот висината на штетата што треба да се надомести. Доколку тоа не го стори, по истекот на рокот, откажувањето станува полноважно.\nСо откажувањето на правото од став 1 на овој член, се гаси материјалното право на носителот.\nДоколку авторот сака подоцна повторно да го пренесе материјалното право на своето дело, е должен, во рок од три години од полноважноста на правото на откажување, тој пренос првенствено и под исти услови да му го понуди на носителот од став 1 на овој член.\nОдредбите од овој член не се однесуваат на компјутерска програма, аудиовизуелно дело, сценско дело и бази на податоци.\n2.3.3 Материјални права\nЧлен 18\nМатеријалните права ги штитат имотните интереси на авторот.\nКористењето на авторското дело е дозволено кога авторот го пренел материјалното авторско право, согласно со овој закон и согласно со условите што ги определил, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЧлен 19\nАвторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото од други лица, особено за: репродукција, дистрибуција, изнајмување, јавно изведување, јавно пренесување, јавно прикажување, јавно изложување, радиодифузно емитување, радиодифузно реемитување и преработување.\nАвторот на изворното дело има исклучиво право на користење на своето дело во преработен облик, доколку со овој закон или со договор не е поинаку определено.\n2.3.4 Други права на авторот\nЧлен 20\nАвторот има право на пристап до оригиналот или до примерокот од своето дело што го поседува друг, заради остварување на правото на репродукција или правото на преработка на делото, доколку тоа не е во спротивност со оправданиот интерес на имателот.\nАвторот има право да побара, имателот да му го предаде оригиналот на ликовното или фотографското дело заради јавно изложување или друг вид објавување, доколку за тоа постои оправдан интерес.\nПредавањето на оригиналот од став 2 на овој член, може да се услови со полагање соодветна кауција или со осигурување во висина на пазарната вредност на оригиналот.\nАвторот е должен пристапот и предавањето од ставовите 1 и 2 на овој член да го стори со што е можно помалку непријатности за имателот и на своја сметка. Во случај на оштетување на делото, одговорен е авторот, независно од неговата вина.\nЧлен 21\nДоколку оригиналот на ликовното дело и оригиналот (ракописот) на книжевното или музичкото дело е продаден или на друг начин оттуѓен, неговиот автор има право за тоа да биде известен и да добие надомест во износ од 3 % од малопродажната цена од секоја наредна продажба (во натамошниот текст: право на следство).\nЗа обврските од став 1 на овој член е одговорен сопственикот. Доколку оттуѓувањето е извршено преку галерист, организатор на јавна продажба или друг посредник, наведените лица солидарно се одговорни со сопственикот на делото.\nОбврската за известување од став 1 на овој член, се однесува на податоци за насловите на оттуѓените дела, на податоци за сопственикот и посредникот, за малопродажната цена, како и на правото авторот соодветно да има увид во документацијата што ги содржи овие податоци .\nПравото на следство не може да биде предмет на откажување, располагање и судско извршување.\n2.3.5 Однос меѓу авторското и сопственичкото право\nЧлен 22\nАвторското право е независно и е во согласност со сопственичкото право или други права врз предмет, во кој е содржано авторско дело, доколку со закон не е поинаку определено.\nЧлен 23\nПренесувањето одделни материјални права или други права на авторот на делото не влијае на сопственичкото право на предметот во кој е содржано авторско дело, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.\nПренесувањето сопственичко право на предметот од став 1 на овој член, не влијае на моралните, материјалните или другите права на авторот на тоа дело, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.\nЧлен 24\nВо заедничкиот имот на брачните другари влегува само имотната корист што потекнува од авторското право.\nЧлен 25\nСо првата продажба или друг вид пренесување на правото на сопственост на оригинал или примерок од авторското дело во Република Македонија, што се врши со изречна или премолчена согласност на носителот на правото, се смета дека е исцрпено правото на дистрибуција на тој оригинал или примерок на територијата на Републиката.\nЧлен 26\nДоколку сопственикот на архитектонски објект има намера тоа дело да го преработи, должен е таа преработка првенствено да му ја понуди на авторот на изворното дело, доколку истиот е жив и достапен на вообичаен начин.\nДоколку авторот неоправдано ја одбие понудата од став 1 на овој член, сопственикот на делото стекнува право на преработка, но е должен да ги почитува моралните права на авторот.\nЧлен 27\nДоколку сопственикот на оригиналот на авторското дело, имајќи ги предвид околностите на случајот, претпостави дека авторот има интерес за негово сочувување, е должен таквиот оригинал да не го уништи, пред да му го понуди на авторот, а овој да му ја плати вредноста на материјалот од кој е изработен оригиналот.\nДоколку враќањето на делото на авторот од став 1 на овој член не е можно, сопственикот е должен, на соодветен начин, да му овозможи на авторот изработка на копија од оригиналот.\nВо случај кога авторското дело, во смисла на став 1 на овој член, е архитектонски објект, авторот има право да го фотографира делото, да му се овозможи пристап до делото за картографско снимање, односно премер на објектот и да побара на своја сметка да му бидат доставени фотокопии од проектите.\n2.4 Ограничувања на материјалното право\nЧлен 28\nКористење авторско дело без пренесување соодветно материјално право може да се врши само над објавено авторско дело, во случаи определени со овој закон, со надомест (во понатамошниот текст: законски дозволи) и без надомест (во понатамошниот текст: слободно користење).\nКористењето од став 1 на овој член, се врши во согласност со намената и целта и вообичаеното користење на делото, но да не е повеќе од нужно спротивно на интересите на авторот.\nПри користењето од став 1 на овој член, се наведува изворот и авторот на делото, доколку тоа е наведено на користеното дело.\n2.4.1 Законски дозволи\nЧлен 29\nЗаконски дозволено е користење авторско дело во следниве случаи:\n• објавување, односно репродуцирање делови на авторски дела, како и дела од областа на фотографијата, ликовната и применетата уметност, архитектурата, дизајнот и картографијата, за наставни цели и\n• објавување актуелни написи од дневен и периодичен печат во кој се расправа за општи прашања, доколку тоа авторот изрично не го забранил.\nЧлен 30\nЗаконски дозволено е, радио и телевизиски организации да вршат радиодифузно емитување на авторски дела снимени со средства за механичка репродукција или слични средства.\n2.4.2 Слободно користење\nЧлен 31\nВо слободно користење е авторско дело заради стекнување информации од општо значење, за целите на наставата, за приватно или друго сопствено репродуцирање, цитирање и други случаи согласно со овој закон.\nЧлен 32\nЗаради стекнување информации од општо значење слободно е објавувањето на:\n* дела што се гледаат или слушаат во текот на известување за дневни настани,\n* прегледи или извештаи на статии објавени во списанија и друг печат,\n* јавни политички говори и јавни говори од расправи пред државни, верски и други органи и\n* дневни новости и вести од печатот.\nЧлен 33\nЗа целите на наставата слободно е јавното изведување авторско дело:\n* во вид на непосредна настава и\n* на хуманитарни манифестации и на бесплатни училишни приредби, доколку учесниците на манифестациите, односно приредбите не добиваат надомест.\nЧлен 34\nСлободно е репродуцирање авторско дело најмногу во три примероци за:\n* приватно користење од физичко лице под услов, примероците да не & се достапни на јавноста и\n* сопствено користење од страна на јавните установи (архиви, библиотеки, кинотеки, културни, образовни, научни и слични установи) под услов, репродукциите да се направени од сопствен примерок.\nРепродуцирањето во смисла на став 1 од овој член, не се однесува на книжевно дело во обем на цела книга (освен кога тиражот е исцрпен пред најмалку две години), на кинематографскои друго аудиовизуелно дело и фонограм, на графичко издание на музичко дело (освен со рачно препишување), на бази на податоци, на компјутерска програма, како и на архитектонски објект, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЧлен 35\nЗаради појаснување, полемика и упатување, слободно е цитирање авторско дело во обем од најмногу една четвртина од цитираното дело.\nЧлен 36\nАвторското дело што не е од битно значење по однос на намената на некој предмет при искористувањето на тој предмет, е во слободно користење, како споредно.\nЧлен 37\nСлободно е преработување авторско дело, доколку се работи за:\n* приватна или друга сопствена преработка, што не е наменета и не & е достапна на јавноста,\n* преработка во пародија или карикатура, доколку тоа не доведува до забуна по однос на изворот на делото,\n* преработка при дозволено користење, што ја налага целта на користењето и\n* преработка при дозволено користење, а спротивставувањето на авторот на преработката е во спротивност со начелото на совесност и чесност.\nЧлен 38\nСлободно е објавување авторски дела што се наоѓаат на јавни изложби, продажби, наддавања, саеми и слично, во каталози за таа цел, од страна на нивниот приредувач.\nЧлен 39\nСлободно е користење авторски дела што трајно се изложени во паркови, на улици, плоштади или други јавни места, освен кога користењето е во тродимензионална форма, за иста цел како и изворното дело и за постигнување економска корист.\nЧлен 40\nСлободно е користење авторско дело пред арбитражи, судски, управниили други државни органи, во обем што е неопходен за изведување докази.\nЧлен 41\nСлободно е користење авторско дело во обем што е неопходен да се провери работата при производство или продажба на фонограми или видеограми, апарати за нивно репродуцирање или објавување, како и опрема за прием на програми, во процес на нивно произведување и продавање.\nЧлен 42\nСлободно е користење дело од народното творештво.\nПри користењето од став 1 на овој член, се наведува изворот и потеклото на делото. Негово сакатење и недостојно користење, не е дозволено.\nЗа остварување на правата од став 2 на овој член е надлежен Институтот за фолклор «Марко Цепенков» — Скопје.\n2.5 Траење на авторското право\nЧлен 43\nАвторското право трае до истекот на роковите утврдени со овој закон.\nПо исклучок на став 1 од овој член, одредени морални права траат и по истекот на рокот на траењето на авторското право, согласно со овој закон.\nЧлен 44\nАвторското право трае за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЧлен 45\nКога делото го реализирале повеќе автори (коавтори), рокот на траење од член 44 на овој закон, се смета од смртта на последниот жив автор.\nЧлен 46\nАвторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по законското објавување на делото.\nДоколку псевдонимот не доведува до забуна за тоа кој е автор или доколку авторот, во рокот наведен во став 1 на овој член, го открие својот идентитет, се применува рокот од член 44 на овој закон.\nЧлен 47\nАвторското право на аудиовизуелни и колективни дела трае 70 години по законското објавување на делото.\nЧлен 48\nКога рокот, според овој закон, не тече од смртта на авторот или авторите, а делото не било законски објавено во рок од 70 години од неговото создавање, авторското право трае 70 години по неговото создавање.\nЧлен 49\nВо случај кога рокот на траење на авторското право, според овој закон, се смета според законското објавување на делото, а делото е објавено во збирки, делови, продолженија и слично, рокот се смета посебно за секој составен дел.\nЧлен 50\nНебитните дополнителни измени на содржината на збирка не го продолжуваат времетраењето на заштитата на авторското право на збирката.\nКако небитни дополнителни измени од став 1 на овој член, се сметаат додатоци, бришења или преиначување при изборот или распоредот на содржината на збирката, потребни за нејзино натамошно користење на начин што го определил авторот.\nЧлен 51\nРоковите на траење на заштитата на авторското право утврдени со овој закон, започнуваат да течат од 1 јануари од годината што следи по настанот, што е основа за пресметување на роковите.\nЧлен 52\nМоралното право на откажување од член 17 на овој закон, трае додека авторот е жив.\nМоралните права за означување на авторството, за сочувување на целината на делото, како и за спротивставување на неговото сакатење од член 16 алинеи 3, 4 и 5 на овој закон, траат и по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон.\nЧлен 53\nКористењето на авторското дело е слободно по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон.\nЧлен 54\nЗа остварување на правата од член 52 на овој закон, е надлежно соодветно здружение на автори и Македонската академија на науките и уметностите.\n3 ПРЕНЕСУВАЊЕ НА АВТОРСКОТО ПРАВО\n3.1 Општ дел\nЧлен 55\nАвторското право како целина е непреносливо.\nЧлен 56\nАвторот не може да ги пренесе моралните права на други лица.\nЗа остварување на моралните права на авторот по неговата смрт, покрај наследниците, е надлежно и соодветното здружение на автори.\nЧлен 57\nАвторот може, со договор или на друг законски начин, да пренесе на други лица одделни материјални права и одделни други права на авторот, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nПренесувањето материјални права или други права на авторот се врши во писмена форма, доколку со закон не е поинаку определено. Договорот за пренесување, што не е склучен во писмена форма, не произведува правни дејства.\nСпорните или нејасните одредби на договорите од став 1 на овој член, се толкуваат во интерес на авторот.\nЧлен 58\nОдредбите од член 57 на овој закон за авторските договори во писмена форма, не се однесуваат на договор за објавување написи, цртежи или текстови во списанија, ревии или друг дневен и периодичен печат.\nЧлен 59\nНиштовен е договор, односно одредба на договор, со кој авторот на друго лице му ги пренесува:\n— авторското право, како целина,\n— моралните права,\n— материјалните права врз свои идни дела и\n— материјалните права на непознати видови користење на авторските дела.\nЧлен 60\nНа договорите за пренесување на авторското право се применуваат прописите за облигационите односи, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЧлен 61\nСудско извршување над авторско право не е дозволено.\nСудско извршување е можно само над имотната корист што произлегува од авторското право.\nСудско извршување над недовршено авторско дело и над необјавен оригинал на авторско дело не е дозволено.\nЧлен 62\nПравата што според овој закон му припаѓаат на авторот, вклучувајќи го и правото на судска заштита, му припаѓаат и на друг носител на авторско право, во обем што со закон или со друг правен акт му се пренесени, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЧлен 63\nСо договорот од член 57 на овој закон, се пренесува исклучиво или неисклучиво материјално право.\nЧлен 64\nИсклучиво материјално право, во смисла на овој закон, е право, носителот на авторското право да го користи делото, при што од користење се исклучени авторот и било кое друго лице.\nНеисклучиво материјално право, во смисла на овој закон, е право, носителот на авторското право, на договорен начин, да го користи делото покрај авторот или други носители.\nДоколку авторот склучи договор за неисклучиво право пред склучувањето договор за исклучиво право, носител на правото е носителот на исклучивото право, доколку меѓу авторот и носителот на неисклучивото право не е поинаку договорено.\nЧлен 65\nДоколку со закон или со договор не е поинаку определено, се смета дека со договор е пренесено неисклучиво право, за територијата на Република Македонија и за време што е вообичаено за тој вид дела.\nДоколку, во смисла на став 1 од овој член, не е определено кои одделни права се пренесуваат и во колкав обем, ќе се смета дека се пренесени оние права и во оној обем што е неопходен за постигнување на целта на договорот.\nЧлен 66\nПренесувањето материјално право или друго право на авторот не влијае на пренесувањето на другите права, доколку со овој закон или со договор не е поинаку определено.\nПренесувањето на правото на репродукција не го содржи и правото на чување на делото во електронска форма, како и правото за тонско или визуелно снимање, доколку со закон или со договор не е поинаку определено.\nПри пренесувањето на правото на изнајмување на фонограми или видеограми, авторот го задржува правото на соодветен надомест при секое изнајмување. Од ова право авторот не може да се откаже.\nЧлен 67\nПри пренесувањето на правото на репродукција, се смета дека е пренесено и правото на дистрибуција на примероците на тоа дело.\nПри пренесувањето на правото на радиодифузно емитување на дела, се смета дека на радио и телевизиската (во понатамошниот текст: РТВ) организација & се пренесени и правата на:\n— снимање на делото со сопствени средства и за сопствено емитување (ефемерни снимки) и\n— доставување на ефемерните снимки до државен архив, доколку имаат исклучителна документарна вредност. За тоа организацијата без одлагање е должна да го извести авторот.\nЧлен 68\nНосителот кому му било пренесено материјално право или друго право на авторот, не може без дозвола на авторот, тоа право натаму да го пренесе на трети лица, доколку со закон или договор не е поинаку определено.\nДоколку натамошното пренесување на правото е последица на статусните измени на носителот, негов стечај или редовна ликвидација, не е потребна дозволата од став 1 на овој член.\nДоколку натамошното пренесување на правото е допуштено без дозвола на авторот, согласно со закон или договор, за авторските побарувања солидарна одговорност сносат претходниот и новиот носител.\nЧлен 69\nВо случај кога авторскиот надомест не е определен, надоместот се определува според вообичаеното плаќање за определен вид дела, според обемот и времетраењето на користењето и врз основа на други битни околности.\nДоколку со користењето на авторското дело се остварува добивка, која е значително поголема од договорениот или определениот надомест, авторот има право да побара измена на договорот, што ќе му овозможи поправичен удел во добивката. Од ова право авторот не може да се откаже.\nЧлен 70\nВо случај кога надоместот е договорен, односно определен во зависност од остварената добивка од користењето на делото, корисникот на авторското дело е должен да води соодветни книги или друга евиденција, од која може да се утврди висината на остварената добивка.\nКорисникот на авторското дело е должен да му овозможи на носителот на авторското право увид во евиденцијата од став 1 на овој член и да му доставува потребни извештаи за остварената добивка во вообичаен рок, доколку не е договорен друг рок.\nЧлен 71\nАвторот може да го повлече материјалното право, доколку носителот на исклучивото право во недоволна мера го остварува или воопшто не го остварува, а од тие причини интересите на авторот значително се оштетени.\nАвторот не може да го оствари повлекувањето од став 1 на овој член, доколку од него потекнуваат причините за тоа.\nПовлекувањето од став 1 на овој член, не може да се оствари пред истекот на две години од пренесувањето на материјалното право на делото, пред три месеци за прилог во дневен весник, односно пред една година за периодичен печат.\nАвторот може да го оствари повлекувањето според овој член, доколку му понуди на носителот дополнителен рок за соодветно остварување на правото.\nСо остварување на повлекувањето се гаси материјалното право на носителот.\nДоколку начелото на правичноста го налага тоа, авторот е должен на носителот на правото да му исплати соодветен надомест на штета.\nАвторот не може да се откаже од правото на повлекување според овој закон.\n3.2 Посебен дел за пренесување на авторското право\n3.2.1 Издавачки договор\nЧлен 72\nСо издавачки договор авторот се обврзува да му го пренесе на издавачот правото на издавање на своето дело преку печатење во книжен облик, а издавачот се обврзува за тоа да му плати надомест и делото да го издаде.\nИздавачкиот договор од став 1 на овој член, не го содржи правото на издавање на делото во електронски облик. За издавање на делото во електронски облик се склучува посебен договор.\nИздавачот од став 1 на овој член, има право меѓу еднакви понудувачи, на првенство на издавање на делото во електронски облик. Правото на првенство изнесува три години од договорениот рок за издавање на делото во книжен облик. Издавачот писмено се изјаснува во рок од 30 дена од приемот на понудата од авторот.\nСо издавачкиот договор може да се пренесе и правото на џебно издание, периодично издание, односно издавање во продолженија, преведување и слично.\nЧлен 73\nИздавачкиот договор содржи особено: вид на правата што се пренесуваат, нивниот обем и времетраење, територијата на која важат правата, рокот за издавање на делото и авторскиот надомест.\nВо случај кога надоместот е договорен во процент од малопродажната цена на продадените примероци на делото, во договорот се утврдува нивниот минимален број при првото печатење. Оваа обврска не е задолжителна, доколку со договорот е утврден минимален надомест, што издавачот е должен да го плаќа, без оглед на бројот на продадените примероци.\nВо случај кога надоместот е договорен во паушален износ, во издавачкиот договор се наведува тиражот. Доколку тој не е определен или не може да се утврди според целта на договорот, други околности или обичаи, издавачот може да го издаде делото во тираж од најмногу 500 примероци.\nЧлен 74\nВо времето на важење на издавачкиот договор, авторот не може да го пренесе правото на издавање на делото на ист јазик на други лица, доколку со договорот не е поинаку определено.\nПравото на издавање новинарски написи на ист јазик, авторот може да го пренесе во исто време на повеќе корисници, доколку со договор не е поинаку определено.\nЧлен 75\nДоколку со издавачкиот договор не е поинаку определено, издавачот е должен, при наредните изданија, да му овозможи на авторот подобрување или измена на делото, под услов, тоа да не предизвика значителен трошок за издавачот и суштински да не го менува делото.\nЧлен 76\nВо случај кога делото, по доставувањето до издавачот, е уништено поради виша сила, авторот има право на надомест што би му припаднал, доколку делото било издадено.\nВо случај кога поради виша сила е уништено целокупното подготвено издание, а пред да биде пуштено во промет, издавачот има право да подготви ново издание, а авторот има право на надомест само за уништеното издание.\nВо случај кога поради виша сила е уништен дел од подготвеното издание, а пред да биде пуштено во промет, издавачот има право, без исплата на надомест да отпечати само толку примероци колку што биле уништени.\nЧлен 77\nИздавачкиот договор престанува во случај на:\n— смрт на авторот пред завршување на авторското дело,\n— исцрпување на тиражот на сите договорени изданија,\n— истек на рокот на важење на договорот и\n— други случаи утврдени со закон или договор.\nАвторот може да го раскине издавачкиот договор, доколку издавачот, откако било исцрпено претходното издание, не издаде нови договорени изданија во рок од три години од денот кога авторот го побарал тоа, освен доколку со договор не е поинаку определено.\nСе смета дека тиражот е исцрпен во смисла на овој закон, доколку бројот на непродадените примероци е помал од 5 % од сите договорени изданија, а во секој случај доколку е помал од 100 примероци.\nВо случај кога издавачот нема да го издаде делото во договорениот рок, авторот може да го раскине договорот и да бара надомест на штета, а воедно да го задржи добиениот надомест, односно да бара исплата на договорниот надомест.\nВо случај кога рокот за издавање на делото не е утврден во дого-ворот, издавачот е должен делото да го издаде во вообичаен рок, но најдоцна во рок од една година од денот на предавањето на ракописот.\nЧлен 78\nКога издавачот има намера, по рокот од три години од договореното издавање на делото, да ги продаде непродадените примероци на делото како хартија за преработка, а во договорот не е определен подолг рок, е должен, примероците прво да му ги понуди на авторот за откуп, по цена што би ја добил од продажбата на примероците како хартија за преработка.\n3.2.2 Договор за јавно изведување\nЧлен 79\nСо договор за јавно изведување авторот се обврзува да му го пренесе на корисникот правото за јавно изведување на своето дело, а корисникот се обврзува, за тоа, на авторот да му исплати надомест и делото јавно да го изведе.\nЧлен 80\nДоговорот за јавно изведување содржи особено: вид, обем и време-траење на правата што се пренесуваат, територијата на која важат правата, начинот и рокот за јавното изведување на делото и авторскиот надомест.\nЧлен 81\nКорисникот е должен да му овозможи на авторот увид во јавното изведување на делото и да обезбеди соодветни технички услови за изведувањето, доколку со договор не е поинаку определено.\nЧлен 82\nВо случај кога корисникот јавно не го изведе делото во договорниот рок, авторот има право да го раскине договорот и да побара оштета, како и да го задржи веќе добиениот надомест, односно да бара исплата на договорениот надомест.\n3.2.3 Договор за нарачка на авторско дело\nЧлен 83\nСо договор за нарачка на авторско дело, авторот се обврзува да го создаде нарачаното авторско дело и да му го достави на нарачателот, а нарачателот се обврзува за тоа да му исплати надомест.\nНарачателот има право да ја надгледува работата и да дава упатства, доколку со тоа не навлегува во правото на авторот за слободно творештво.\nАвторот го задржува авторското право врз нарачаното дело, освен правото на дистрибуција, доколку со закон или договор не е поинаку определено.\nЧлен 84\nКолективно авторско дело (енциклопедија, зборник и слично) во смисла на овој закон, е авторско дело создадено по иницијатива и организација на правно или физичко лице како нарачател, а во соработка на поголем број автори, што се објавува и користи под име на нарачателот. За создавање колективно авторско дело се склучува посебен договор.\nСе смета дека на нарачателот исклучиво и неограничено му се пренесени материјалните права и другите права на авторите на колективното дело, доколку со договор не е поинаку определено.\n3.2.4 Авторско дело од работен однос\nЧлен 85\nВо случај кога авторското дело е создадено од работник при испол-нување на своите работни обврски или по упатство на работодавецот (во натамошниот текст: авторско дело од работен однос), се смета дека материјалните права и другите права на авторот на тоа дело, исклучиво му се пренесени на работодавецот за време од десет години по завршувањето на делото, доколку со соодветен колективен договор, односно со договор за работа не е поинаку определено.\nПо истекот на рокот од став 1 на овој член, материјалните права и другите права му припаѓаат на работникот, со тоа што работодавецот може да побара нивно повторно исклучиво пренесување, доколку му плати на работникот правичен надомест.\nЧлен 86\nПо исклучок на член 85 на овој закон:\n* работникот го задржува исклучивото право да го користи авторското дело од работниот однос во рамките на своите собрани дела и\n* се смета дека материјалните права и другите права на авторот на колективно дело и на бази на податоци се исклучиво и неограничено пренесени на работодавецот, доколку со договор не е поинаку определено.\n4 ГЛАВА ЧЕТВРТА\n4.1 ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА АВТОРСКИТЕ ДЕЛА\n4.1.1 Аудиовизуелно дело\nЧлен 87\nАудиовизуелно дело, во смисла на овој закон, е кинематографски, телевизиски и видео филм, друго аудиовизуелно дело, како и друго дело изразено во вид на поврзани подвижни слики, со или без тон, без оглед на видот на носачот што ги содржи.\nЧлен 88\nАвтори на аудиовизуелно дело, во смисла на овој закон, се: писателот на сценариото, главниот режисер и главниот снимател, а кај цртаниот филм и главниот цртач. Во случај кога музиката е суштински елемент на делото, за автор се смета и авторот на музиката.\nЧлен 89\nЦртачот, односно авторот на музиката, кога не се смета за автор на аудиовизуелното дело според член 88 на овој закон, како и сценографот, костимографот, монтажерот и авторот на маски, имаат авторско право само врз своите придонеси кон аудиовизуелното дело (во натамошниот текст: автори на придонеси).\nЧлен 90\nФилмски продуцент, во смисла на овој закон, е правно или физичко лице кое во свое име, за своја или туѓа сметка, води или организира производство на аудиовизуелно дело и е одговорно за неговото довршување.\nЧлен 91\nПраво на аудиовизуелно приспособување е исклучиво право, изворното дело да се преработи во аудиовизуелно дело или да се вклучи во аудиовизуелно дело.\nСо склучување договор за аудиовизуелно приспособување се смета дека авторот на изворното дело, исклучиво и неограничено му го пренесол на филмскиот продуцент: правото на преработка и вклучување на изворното дело во аудиовизуелно дело, своите материјални права и другите права на тоа аудиовизуелно дело, правото на негово преведување, аудиовизуелни преработки, како и на фотографиите создадени во врска со аудиовизуелното дело, доколку со договорот не е поинаку определено.\nПо исклучок од став 2 на овој член, авторот на изворното дело го задржува:\n— исклучивото право на натамошна преработка на аудиовизуелното дело во друг уметнички вид;\n— исклучивото право на нови аудиовизуелни приспособувања на изворното дело по истекот на десет години од склучувањето на договорот од став 2 на овој член и\n— правото на соодветен надомест од филмскиот продуцент, за секое изнајмување видеограми со аудиовизуелното дело.\nАвторот на изворното дело не може да се откаже од правата наведени во став 3 на овој член.\nЧлен 92\nСо договор за филмска продукција се уредуваат односот на филмскиот продуцент со авторите на аудиовизуелното дело и авторите на придонесите, како и односот меѓу самите автори, согласно со овој закон.\nСо склучувањето на договорот за филмска продукција, се смета дека авторите, исклучиво и неограничено му ги пренесле на филмскиот продуцент сите свои материјални права и други права на аудиовизуелното дело, правото на превод, аудиовизуелната преработка, како и на фотографиите создадени во врска со тоа дело, доколку со договор не е поинаку определено.\nСо склучување договор за филмска продукција, се смета дека авторите на придонесите, исклучиво и неограничено му ги пренесле на филмскиот продуцент правата за користење на придонесите за довршување на аудиовизуелното дело.\nПо исклучок на ставовите 1, 2 и 3 од овој член:\n— авторите задржуваат исклучиво право на натамошни преработки на аудиовизуелното дело во некој друг уметнички вид,\n— авторите на придонесите задржуваат право своите придонеси кон аудиовизуелното дело посебно да ги користат, доколку со тоа не се повредени правата на филмскиот продуцент и\n— авторите го задржуваат правото на правичен надомест од филмскиот продуцент за секое изнајмување на видеограмите со аудиовизуелното дело.\nАвторите и авторите на придонесите не можат да се откажат од правата наведени во став 4 на овој член.\nЧлен 93\nАвторите на аудиовизуелното дело имаат право на авторски надомест, посебно за секое пренесено материјално право или друго право на авторот.\nФилмскиот продуцент е должен најмалку еднаш годишно да им доставува на авторите на аудиовизуелното дело извештај за остварениот приход и тоа посебно за секој вид дозволено користење на делото.\nЧлен 94\nАудиовизуелното дело се смета за довршено кога, согласно со договорот меѓу главниот режисер и филмскиот продуцент, е завршена првата стандардна копија на делото, што е предмет на договорот.\nУништување на матрицата на копијата од став 1 на овој член не е дозволено.\nИзмени на копијата на аудиовизуелното дело од став 1 на овој член се можни само по претходна согласност на главниот режисер и филмскиот продуцент.\nВо случај кога некој од авторите или авторите на придонесите нема да го заврши својот дел кон аудиовизуелното дело или поради виша сила тоа не може да го направи, нема право да се спротивставува дадениот дел да биде користен за негово довршување. За овој дел авторот ужива соодветно авторско право.\nЧлен 95\nВо случај кога филмскиот продуцент нема да го заврши аудиовизуелното дело во рок од пет години од склучувањето на договорот за филмска продукција или доколку не го дистрибуира завршеното аудиовизуелно дело во рок од една година по неговото довршување, авторите можат да го раскинат договорот, доколку не бил договорен друг рок.\nВо случајот од став 1 на овој член авторите и авторите на придонесите го задржуваат правото на исплата на надомест.\nЧлен 96\nНа договорот за аудиовизуелно приспособување и на договорот за филмска продукција, не се однесуваат одредбите на овој закон за правото на откажување од член 17 и за пренесување на правата од членовите 65 до 68 на овој закон.\n4.2 Компјутерска програма\nЧлен 97\nКомпјутерска програма во смисла на овој закон, е програма во било која електронска изразна форма, вклучувајќи го и подготвителниот материјал за негова изработка, доколку е индивидуална и интелектуална творба на нивниот автор.\nИдеите и концепциите што претставуваат основа за било кој елемент на компјутерската програма, вклучувајќи ги деловите од програмата што овозможуваат поврзување и интеракција меѓу елементите на програмската и машинската опрема (интерфејси), не уживаат заштита според овој закон.\nЧлен 98\nВо случај кога компјутерската програма е подготвена од работник при извршувањето на своите работни обврски или по упатство на работодавецот или кога е подготвена од автор врз основа на авторски договор за нарачка, се смета дека материјалните права и другите права на авторот на програмата, исклучиво и неограничено му се пренесени на работодавецот или нарачателот, доколку со договор не е поинаку определено.\nЧлен 99\nДоколку со членовите 100 и 101 од овој закон не е поинаку определено, авторот на компјутерската програма има исклучиво материјално право да ја користи програмата и да дозволува или забранува користење на програмата особено преку:\n* репродуцирање, делумно или целосно, независно дали е времено или трајно и независно од средствата и формата, а што е потребно за внесување, прикажување, користење, пренесување или чување на компјутерската програма,\n* преведување или било која друга преработка, како и репродуцирање на резултатите од таа преработка, без влијание на правата на авторот на преработката и\n- дистрибуирање на оригиналот на компјутерската програма или нејзините копии во било каква форма, вклучувајќи го и правото на изнајмување.\nАвторот може со договор да ги пренесе правата од став 1 на овој член на трети лица.\nЧлен 100\nДоколку со договор не е поинаку определено, законскиот корисник на компјутерската програма може без дозвола на авторот да ги врши дејствијата наведени во член 99 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон, вклучувајќи и исправка на грешките потребни за користење на компјутерската програма, согласно со нејзината намена.\nЗаконскиот корисник на компјутерската програма може без дозвола на авторот да репродуцира најмногу две копии на програмата, доколку е тоа потребно за нејзино користење.\nЗаконскиот корисник на копија на компјутерската програма може без дозвола на авторот да го проучува или тестира работењето на програмата, со цел да ги утврди идеите што се основна карактеристика на било кој елемент на програмата, доколку тоа го прави при внесот, прикажувањето, користењето, пренесувањето или чувањето, за што е овластен.\nЗа компјутерските програми не важат одредбите за правото на откажување од член 17, како и за приватно или друго сопствено репродуцирање од член 34 на овој закон.\nОдредбите од договорот што се во спротивност со ставовите 2, 3 и 4 на овој член се ништовни.\nЧлен 101\nЗа репродуцирање на кодот и за промена на неговиот облик, во смисла на член 99 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон, не е потребна дозвола на авторот, доколку тоа е потребно за добивање информации потребни за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска програма со други програми, под услов да се исполнети следниве услови:\n* таквите дејствија да ги врши носител на дозвола или друг законски корисник или во нивно име, од нив, за таа цел, овластено лице,\n* информациите потребни за постигнување интероперабилност да не биле претходно достапни на лицата од став 1 алинеја 1 на овој член и\n* таквите дејствија да се ограничени само на оние делови од изворната програма што се потребни за постигнување интероперабилност.\nНе е дозволено информациите добиени преку примена на став 1 од овој член да се:\n* користат за други намени, освен за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска програма,\n* отстапуваат на трети лица, освен кога тоа е потребно за постигнување на интероперабилност на независно креирана компјутерска прог-рама и\n* користат за развивање, производство или трговија со друга компјутерска програма, што во својот израз е слична во суштина или да се користат за било какво друго дејство со кое се повредува авторското право.\nОдредбите од овој член не можат да се применуваат на начин кој во неразумна мера би го повредил авторското право или би бил спротивен на вообичаеното користење на компјутерската програма.\nОдредби од договор што се во спротивност со овој член, се ништовни.\nЧлен 102\nДистрибуција на копија на компјутерска програма или поседување копија на компјутерска програма за комерцијални цели, може да се врши само над дозволена копија.\nЧлен 103\nОдредбите од членовите 97 до 102 на овој закон, се применуваат независно од другите правни прописи за компјутерска програма (прописите за правата од индустриска сопственост, заштита на конкуренцијата, деловна тајна и слично).\n5 СРОДНИ ПРАВА\n7.1 Општи одредби\nЧлен 104\nСродни права, во смисла на овој закон, се правата на уметниците -изведувачи над своите изведби и правата на фонограмските, филмските и сценските продуценти, на РТВ организации и на издавачите (во натамошниот текст: продуценти) над нивните фонограми, видеограми, сценски дела, емисии или изданија (во натамошниот текст: предмети на сродни права) определени со овој закон.\nЧлен 105\nОдредбите од овој закон за деловите на авторското дело, за содржината и дефинициите на материјалните права, за односите меѓу авторското право и сопственичкото право, за ограничувањата на материјалните права, за пресметување на траењето на авторското право и за пренесувањето на авторското право, соодветно се применуваат и на сродните права.\nЧлен 106\nОстварувањето и заштитата на сродните права, според овој закон, не влијае врз остварувањето и заштитата на авторското право.\n5.2 Содржина на сродните права\n5.2.1 Права на изведувачите\nЧлен 107\nУметници-изведувачи (во натамошниот текст: изведувачи), во смисла на овој закон, се: артисти, артисти-куклари, пеачи, музичари, играорци и други лица кои со игра, песна, танц, говорење, рецитирање или на друг начин, изведуваат авторски или фолклорни дела.\nКако изведувачи, во смисла на овој закон, се сметаат и режисери на драмски претстави, диригенти на оркестри, раководители на хорови, мајстори на тон, како и вариететски и циркуски уметници.\nЧлен 108\nИзведувачи во состави, односно групи како, на пример: членови на оркестар, хор, танцов или драмски ансамбл или друг вид група, се должни да овластат еден од членовите за свој застапник, за давање дозволи потребни за изведување.\nОвластувањето од став 1 на овој член, се дава во писмена форма и важи, доколку е дадено од мнозинството изведувачи во составот, односно групата од став 1 на овој член.\nОдредбите од ставовите 1 и 2 на овој член, не се однесуваат на режисери на драмски претстави, диригенти и солисти.\nЧлен 109\nИзведувачите имаат исклучиво морално право, при најавата на изведбата, односно на секоја снимка и обвивка на снимка од тоа изведување, на вообичаен начин, да се наведе нивното име, псевдоним или друга ознака, и тоа за:\n— индивидуална изведба, името на изведувачот и\n— изведба на состав, односно група, името на составот, односно групата, на уметничкиот раководител и на солистот.\nЧлен 110\nИзведувачите имаат исклучиво морално право да се спротивстават на секакво деформирање, сакатење или менување на нивната изведба, односно да се спротивстават на секое користење на нивната изведба што може да наштети на нивната личност, чест и углед.\nЧлен 111\nИзведувачите имаат исклучиви материјални права да ја користат или да дозволуваат или забрануваат соодветно користење на својата изведба особено за:\n— радиодифузно емитување на изведбата, освен кога изведбата сама по себе е радиодифузна, односно се емитува како снимка,\n— пренесување на живата изведба преку звучник, екран или слична направа, надвор од просторот или местото на изведување,\n— снимање на изведбата во живо,\n— репродуцирање на снимката на изведбата на фонограми и видео-грами,\n— дистрибуирање на фонограми и видеограми со изведбата и\n— изнајмување на фонограми и видеограми со изведбата.\nВо случај кога изведбата се остварува преку сценски продуцент, правата на изведувачите ги стекнува сценскиот продуцент согласно со овој закон, доколку со договор не е поинаку определено.\nЧлен 112\nИзведувачот има право на дел од надоместот што го добива фонограмскиот продуцент за објавување на фонограмот со неговата изведба.\nЧлен 113\nСо склучување договор за производство на фонограми или видеограми, се смета дека изведувачот, по однос на својата изведба, му ги пренел на фонограмскиот продуцент, односно на филмскиот продуцент правото на снимање, репродуцирање, дистрибуирање и правото на изнајмување, доколку со договор не е поинаку определено.\nНезависно од договорот од став 1 на овој член, изведувачот има право на соодветен надомест од фонограмскиот продуцент и од филмскиот продуцент за секое изнајмување.\nИзведувачот не може да се откаже од правото утврдено во став 2 на овој член.\nЧлен 114\nВо случај кога некој од изведувачите нема да го доврши своето учество кон аудиовизуелното дело или доколку поради виша сила тоа не може да го направи, нема право да се спротивстави делот од учеството да биде користен за негово довршување. За овој дел изведувачот ужива соодветни права утврдени со овој закон.\nЧлен 115\nВо случај кога изведба реализира работник при исполнувањето на своите работни обврски или по упатство на работодавец (изведба од работен однос), односите во врска со изведбата се уредуваат со соодветен колективен договор, односно договор за работа.\nЧлен 116\nПравата на изведувачот траат 50 години од денот на изведбата. Доколку во тој период снимката од изведбата е законски објавена, правата на изведувачот траат 50 години сметано од првото објавување.\n5.2.2 Права на фонограмските продуценти\nЧлен 117\nФонограмски продуцент, во смисла на овој закон, е физичко или правно лице што прво ќе ги сними звуците на некоја изведба или други звуци.\nЧлен 118\nФонограмскиот продуцент има исклучиви материјални права своите фонограми да ги користи или да дозволува или забранува нивно користење за: репродуцирање, преработување, дистрибуирање и изнајмување.\nЧлен 119\nВо случај кога фонограмот, што бил издаден за комерцијални цели или неговата репродукција се користи непосредно за радиодифузно емитување, односно за било кој друг вид објавување, корисникот е должен при секое користење, да му плаќа на фонограмскиот продуцент соодветен еднократен надомест.\nФонограмскиот продуцент е должен на изведувачот на фонограмот да му исплати половина од надоместот од став 1 на овој член, доколку со договор не е поинаку определено.\nЧлен 120\nПравата на фонограмскиот продуцент траат 50 години од денот на извршеното снимање. Доколку во тој период фонограмот бил законски објавен, правата на продуцентот траат 50 години сметано од првото објавување.\n5.2.3 Права на филмските продуценти\nЧлен 121\nФилмскиот продуцент од член 90 на овој закон има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува издавање видеограми од своето аудиовизуелно дело.\nЧлен 122\nФилмскиот продуцент има исклучиво право на репродуцирање, дис-трибуирање, изнајмување и јавно прикажување на своите видеограми.\nЧлен 123\nПравата на филмскиот продуцент траат 50 години од денот на завршувањето на снимката. Доколку во тој период видеограмот бил законски објавен, правата на филмскиот продуцент траат 50 години сметано од првото објавување.\n5.2.4 Права на сценските продуценти\nЧлен 124\nСценски продуцент, во смисла на овој закон, е правно или физичко лице кое во свое име организира подготвување и изведување на сценско дело.\nЧлен 125\nСценскиот продуцент, доколку со договор не е поинаку определено, има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува користење на сценското дело за:\n— радиодифузно емитување на сценското дело,\n— пренесување на сценското дело преку звучник, екран или слична направа надвор од просторот или местото на изведување,\n— снимање на сценското дело во живо,\n— преработка на снимка на фонограм или видеограм,\n— репродуцирање на снимката на сценското дело на фонограми или видеограми,\n— дистрибуирање фонограми и видеограми на сценското дело и\n— изнајмување фонограми и видеограми со сценското дело.\nЧлен 126\nСценскиот продуцент има право на дел од надоместот што го добива фонограмскиот продуцент за објавување на фонограмот со сценското дело.\nЧлен 127\nСо склучување договор за производство на фонограми или видеограми, се смета дека сценскиот продуцент, по однос на делото, му ги пренел на фонограмскиот продуцент, односно на филмскиот продуцент правото на снимање, репродуцирање, дистрибуирање и правото на изнајмување, доколку со договор не е поинаку определено.\nНезависно од договорот од став 1 на овој член, сценскиот продуцент има право на соодветен надомест од фонограмскиот продуцент и од филмскиот продуцент за секое изнајмување.\nСценскиот продуцент не може да се откаже од правото утврдено во став 2 на овој член.\nЧлен 128\nПравата на сценскиот продуцент траат 20 години од денот на првото јавно изведување на сценското дело.\n5.2.5 Права на РТВ организации\nЧлен 129\nРТВ организација, има исклучиви материјални права да ги користи или да дозволува или забранува користење на своите емисии за:\n— радиодифузно реемитување, вклучувајќи и одложно емитување и емитување преку сателит,\n— објавување на јавни места со наплата на влез,\n— кабловска дистрибуција на своите емисии (истовремено или одложно),\n— пренесување по индивидуално барање (он деманд) на снимките на емисиите на индивидуални претплатници и јавен пристап до снимките на емисиите внесени во компјутерски бази на податоци со посредство на линиска мрежа (он лине),\n— снимање,\n— репродуцирање на снимките,\n— дистрибуирање на снимките,\n— фотографирање, репродуцирање и дистрибуирање на фотографиите од снимките,\n— дистрибуирање сигнали на програмата пренесени преку комуникациски сателити од страна на други емитувачи, кабелски и други дистрибутери и\n— увезување и дистрибуирање снимки на емисии или нивно репродуцирање во држава во која не е пропишана заштита на правата на РТВ организации.\nЧлен 130\nПравата на РТВ организации траат 50 години од денот на првото радиодифузно емитување.\n5.2.6 Права на издавачите\nЧлен 131\nПравно или физичко лице што законски ќе издаде авторско дело во книжен облик (во натамошниот текст: издавач) има исклучиви права на своето издание, согласно со овој закон.\nИздавачот има исклучиво право да дозволува или забранува неговите изданија да бидат репродуцирани од друго правно или физичко лице, под име на лицето по пат на фотографирање, копирање и било кој друг начин на умножување. Во случај да дозволи репродуцирање, на репродуцираното издание задолжително се наведува името, псевдонимот или ознаката на издавачот на користеното издание. Ова право не влијае на остварувањето на правото на авторот.\nЧлен 132\nИздавач кој прв пат законски ќе издаде необјавено дело врз кое истекло авторското право, ужива заштита еднаква на материјалните права и другите права на авторот утврдени со овој закон.\nЧлен 133\nИздавач кој ќе издаде објавено критичко или научно дело врз кое истекле авторските права, ужива заштита еднаква на материјалните права и другите права утврдени со овој закон.\nЧлен 134\nПравата од членовите 131 став 2, 132 и 133 на овој закон траат 25 години од законското издавање на делото.\n6 ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА\n7.1 Општи одредби\nЧлен 135\nАвторот може своите морални, материјални или други права да ги остварува лично или преку застапник.\nОдредбите од оваа глава што се однесуваат на остварување на авторското право, односно авторот, соодветно се применуваат и на сродните права, односно на носителот на сродното право.\nЧлен 136\nАвторското право се остварува одделно за секое авторско дело (во натамошниот текст: индивидуално остварување) или доколку со овој закон е определено, заедно за повеќе авторски дела од повеќе автори (во натамошниот текст: колективно остварување).\nЧлен 137\nОстварувањето на авторското право преку застапник, го опфаќа застапувањето на авторот во:\n— правните работи и односите со носителите на правата, односно корисниците на неговото дело, вклучувајќи го и прибирањето авторски надомест и\n— постапките пред судовите и други органи заради заштита на неговото авторско право.\n6.2 Колективно остварување\nЧлен 138\nКолективното остварување на авторско право се врши само за објавено авторско дело.\nКолективното остварување на авторско право содржи:\n— пренесување неисклучиви права за користење авторско дело,\n— прибирање и распределба авторски надоместоци од користењето на авторското дело и\n— остварување заштита на правото пред судови и други органи.\nЧлен 139\nКолективно се остваруваат следниве права:\n— јавно изведување несценско музичко и несценско книжевно дело (мали права),\n— право на следство и\n— кабловско реемитување на авторски дела, освен емитување од РТВ организации, независно дали се работи за нивните сопствени права или правата им се пренесени од други носители на права.\nЧлен 140\nКолективно може да се остваруваат и следниве права:\n— репродуцирање на музички и книжевни дела на фонограми и видеограми (механички права),\n— изнајмување на фонограми и видеограми,\n— објавување, односно репродуцирање делови на авторски дела, како и дела од областа на фотографијата, ликовната и применетата уметност, архитектурата, дизајнот и картографијата, за наставни цели,\n— објавување актуелни написи од дневен и периодичен печат во кој се расправа за општи прашања, доколку тоа авторот изрично не го забранил,\n— репродуцирање, јавно прикажување и друго објавување дела во рамките на пропагандните емисии во траење до 60 секунди и\n— репродуцирање на авторски дела изложени на јавни места, за комерцијални цели.\nЧлен 141\nКолективно остварување вршат здруженија на автори основани за таа цел (во натамошниот текст: здружение).\nЗдружението од став 1 на овој член, работи со непрофитна цел и може да врши само колективно остварување.\nСо здружението управуваат членовите, во согласност со статутот на здружението.\nЧлен 142\nСтатутот на здружението содржи особено одредби за:\n— име, што не може да биде идентично со име на друго здружение,\n— видови права што се остваруваат,\n— услови за стекнување и престанок на членство,\n— управување со здружението, во зависност од категориите на носи-тели на авторски права (автори на изворно дело по видови и жанрови, автори на преработката, автори на преводот и слично, наследници, издавачи, работодавци), како и видови членство (редовно, вонредно, времено, почесно и друго),\n— членарина според категории права и видови членства,\n— права, должности и одговорности на членовите,\n— органи на здружението, нивна надлежност, избор и разрешување,\n— процедурални прашања,\n— основни начела за распределба на авторските надоместоци меѓу авторите, односно носителите на правата,\n— надзор врз финансиското и материјалното работење и\n— начин на распределба на имотот на здружението во случај на негов престанок.\nЧлен 143\nЗдружението се регистрира во надлежен орган, а почнува со работа по издадена дозвола од Министерството за култура.\nМинистерството за култура ја издава дозволата од став 1 на овој член, доколку здружението ги исполнува следниве услови:\n— да има седиште во Република Македонија,\n— да е отворено за сите автори,\n— статутот да е во согласност со овој закон и\n— да се обезбедува ефикасно и економично остварување на правата на целата територија на Републиката.\nПри утврдувањето на условите за ефикасно остварување на правата од став 2 алинеја 4 на овој член, Министерството за култура ги има предвид особено: бројот на авторите кои склучиле договор со здружението, обемот на користењето на авторските дела, односно бројот на можните корисници, начинот и средствата со кои здружението има намера да ги постигне своите цели, начинот и учеството на членовите во органите и одлучувањето, начелата за распределба на авторските надоместоци меѓу авторите, како и можностите за остварување на правата во странство.\nЧлен 144\nМинистерството за култура издава дозвола на здружението врз основа на јавен конкурс што се објавува во «Службен весник на Репуб-лика Македонија».\nЗа колективно остварување на утврдените права од членовите 139 и 140 на овој закон, за ист вид авторски дела, по правило се издава дозвола само на едно здружение.\nМинистерството за култура издава дозвола со решение, против кое е дозволена жалба. По жалбата одлучува Владата на Република Маке-донија.\nКонечното решение од став 3 на овој член се објавува во «Службен весник на Република Македонија».\nЧлен 145\nМинистерството за култура ќе ја одземе издадената дозвола, доколку здружението не ги остварува обврските утврдени со статутот и овој закон. Во тој случај Министерството за култура прво писмено го опоменува здружението и му определува рок од најмалку 30 дена за отстранување на утврдените неправилности.\nЗа одземање на дозволата, Министерството за култура донесува решение, против кое е дозволена жалба до Владата на Република Македонија. Одземањето почнува да важи по истекот на 30 дена од денот на објавувањето на конечното решение во «Службен весник на Република Македонија».\nЧлен 146\nЗдружението донесува општи акти и тарифи за користење на авторските дела.\nСо договори меѓу здружението и корисниците можат да се утврдат и други посебни тарифи.\nЗдружението ги доставува тарифите до Министерството за култура на согласност. Тарифите, за кои е дадена согласност, се објавуваат во «Службен весник на Република Македонија».\nЧлен 147\nЗдружението донесува правилник за распределба на авторските надоместоци, во согласност со статутот и со овој закон.\nСо распределбата се остварува принципот за поттикнување и пома-гање на творештвото.\nЗа покривање на трошоците на здружението може да се користат најмногу 30 % од прибраните авторски надоместоци.\nЗдружението го доставува правилникот од став 1 на овој член до Министерството за култура за согласност. Правилникот, за кој е дадена согласност, се објавува во «Службен весник на Република Македонија».\nЧлен 148\nЗдружението го остварува авторското право врз основа на договор со авторот.\nДоговорот од став 1 на овој член ги содржи особено: овластувањето за остварување на правата, видот на делото, правото што се остварува, времетраењето на договорот и посебните права во случај на неостварување на договорот.\nЗа времето, за кое, колективното остварување на авторското право според закон или со договор е пренесено на здружението, авторот нема право индивидуално да ги остварува тие права.\nПравата од член 139 на овој закон, надлежното здружение ги остварува по сила на закон и независно дали е склучен договор со авторот.\nЧлен 149\nЗдружението води постапки за остварување на авторското право пред судовите и други органи во свое име, а за сметка на авторот и за тоа е должно да го известува авторот.\nЧлен 150\nДоколку автор побара остварување авторско право од здружението, согласно со овој закон и со статутот на здружението, здружението не може да го одбие барањето.\nЧлен 151\nЗдружението е должно, секогаш, на барање на авторот, да му дава податоци за остварување на неговото право.\nНа барање на корисникот, здружението е должно, согласно со своите акти, да склучува договори за пренесување неисклучиви права за кои е овластено да ги остварува.\nДоколку странките од став 2 на овој член не се договорат за висината на надоместот, се смета дека соодветното право е пренесено, доколку оној којшто го бара, уплати на сметка на здружението или во судот, износ што здружението го пресметува според своја тарифа.\nЧлен 152\nОрганизаторот на културно-уметнички и забавни приредби, како и другите корисници на авторските дела, се должни, од соодветното здружение, претходно, да добијат дозвола за јавно изведување, односно објавување на авторските дела, во случаите наведени во овој закон, а во рок од 15 дена по изведувањето, односно објавувањето, на здружението да му достават преглед на сите изведени, односно објавени дела и да уплатат износ согласно со тарифата на здружението.\nНа барање на авторот или здружението, органот за внатрешни работи го забранува изведувањето, односно објавувањето на авторското дело, доколку организаторот претходно не добил дозвола согласно со став 1 на овој член.\nРТВ организациите се должни еднаш месечно да му доставуваат на надлежното здружение прегледи на емитуваните авторски дела.\nСопственикот на оригиналните ликовни дела и ракописите на книжевни и музички дела, односно организаторот или посредникот на продажбата на овие дела, е должен да му доставува на надлежното здружение податоци за продадените дела, за продавачот и за малопродажната цена, во рок од 30 дена по извршеното продавање.\nЧлен 153\nКога вршењето на определената дејност е поврзано со стекнување право од член 139 на овој закон, надлежниот орган за издавање дозвола за вршење на дејноста, нема да издаде дозвола, доколку вршителот на дејноста претходно не склучил договор со надлежното здружение.\nЧлен 154\nСекој член на здружението може, во рок определен со статутот, да побара увид во годишниот финансиски извештај и извештајот на надзорниот орган на здружението.\nМнозинството членови на здружението можат да побараат еден или повеќе надворешни независни стручни лица, да го прегледаат работењето на здружението.\nЧлен 155\nНадзор над колективното остварување на авторското право и на сродните права се врши согласно со овој и со друг закон.\nЗдружението е должно да го известува Министерството за кулура за склучување договори со здруженија на корисниците и за склучување договори со странски здруженија што вршат иста дејност, како и за измена на статутот.\nДоколку Министерството за култура не се произнесе во рок од два месеци од доставувањето на актите определени со овој закон за кои е потребна согласност од Министерството, се смета дека согласноста е дадена.\n7 ЗАШТИТА НА ПРАВАТА\n7.1 Општи одредби\nЧлен 156\nЛице, чии права според овој закон се повредени, може да побара заштита на правата и надомест на штета, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nНосителот на правото може да побара заштита од став 1 на овој член и кога се заканува вистинска опасност од повреда на правата според овој закон.\nЧлен 157\nКога постојат повеќе носители на некое право од овој закон, секој од нив може да побара заштита на правото во целост.\nКога постојат повеќе сторители на повредата на некое право од овој закон, секој од нив одговара за повредата во целост.\nЧлен 158\nСе смета дека некое лице ги крши исклучивите права, според овој закон, кога произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или на друг начин користи било какви средства:\n— чија единствена или претежна намена е неовластено отстранување или оштетување техничка опрема или компјутерска програма, што се користи како законска заштита од неовластено користење и\n— што овозможува или помага, кога за тоа нема овластување, јавноста да прима кодирани радио или телевизиски програмски сигнали.\n7.2 Граѓанско-правна заштита\nЧлен 159\nНосител на правото, за повреда на правата од овој закон, може да побара:\n— на тужениот да му се забранат подготовките за повреда, самата повреда што е во тек и идните повреди,\n— тужениот да ја отстрани состојбата што настанала со повредата,\n— да се уништат или преработат противправните примероци и амбалажата или изведбата и други предмети на заштита според овој закон,\n— да се уништат или преработат матриците, негативите, плочите, калапите или други средства со кои повредата била извршена,\n— да се уништи или преработи опрема што единствено или претежно е наменета за повреда на правата според овој закон, што е во сопственост на тужениот и\n— пресудата да се објави на сметка на тужениот во јавните гласила во обем и на начин што ќе ги определи судот.\nОдредбите од став 1 алинеи 2 и 3 на овој член не се однесуваат на архитектонски објекти, освен доколку уништувањето или преработката на објектот по однос на околностите на случајот се оправдани.\nНосителот на правото може да побара тужениот или сопственикот, наместо барањата, да му ги отстапи примероците или средствата од став 1 алинеи 3 и 4 на овој член.\nЧлен 160\nДоколку материјално или друго право или сродно право, според овој закон, е повредено со намера или крајна небрежност, носителот на правото може да побара во граѓанска постапка исплата на договорениот или вообичаениот надомест за тој вид користење, зголемен за 200 %, независно дали заради повредата претрпел имотна штета (граѓанска казна).\nПри одлучувањето по барањето за плаќање казна од став 1 на овој член и одмерувањето на нејзината висина, судот ќе ги има предвид сите околности на случајот, посебно степенот на вината на тужениот, износот на договорениот или вообичаениот надомест, како и превентивната цел на казната.\nДоколку имотната штета е поголема од казната, носителот на правото има право да побара разлика до целосното обештетување.\nЧлен 161\nПри повреда на морално право и при непостоење на имотна штета, судот може да пресуди на авторот или на изведувачот да им се исплати праведна парична оштета за претрпена повреда на неговата личност, чест и углед, односно за неимотна штета, доколку утврди дека околностите на случајот, посебно степенот на повредата и нејзиното траење тоа го оправдуваат.\nЧлен 162\nДоколку носителот на правото пријави дека дошло до повреда на неговото исклучиво право според овој закон, судот, на негов предлог, може да определи привремени мерки заради обезбедување непарични побарувања според овој закон, а особено:\n— да се запленат, исклучат од промет и сочуваат примероци, средства, опрема и документи во врска со нив,\n— да се забранат дејствија на евентуални повреди или нивно продолжување и\n— да се донесат други слични мерки.\nДоколку постои основано сомнение дека заштитата од став 1 на овој член подоцна не може да се оствари, судот може да ги изрече и да ги изврши мерките од истиот став, без претходно известување и сослушување на спротивната страна.\nПостапката за привремени мерки е итна.\nЗа постапката за донесување на привремени мерки се применуваат прописите за извршната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЧлен 163\nДоколку носителот на правото пријави дека неговото исклучиво право од овој закон е повредено и дека постои основано сомнение дека доказите за таа повреда ќе бидат уништени или дека подоцна не ќе може да се обезбедат, судот, на негов предлог, може да ги обезбеди тие докази без претходно известување и сослушување на спротивната страна.\nОбезбедувањето на доказите од став 1 на овој член, може да опфати претрес, односно увид на просториите, документацијата, инвентарот, базите на податоци, компјутерските програми или други работи, преглед и одземање документи, сослушување сведоци, наоди и изјави од стручни лица.\nОдлуката, со која е прифатен предлогот за обезбедување докази, заедно со предлогот, & се врачува на спротивната страна при самото обезбедување на доказите, а доколку тоа не е можно, тогаш кога ќе биде можно. Приговорот против одлуката не ја одложува одлуката.\nПостапката за обезбедување докази е итна.\nЗа постапката за обезбедување докази се применуваат прописите за процесната постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.\n7.3 Мерки за обезбедување заштита\nЧлен 164\nНосителот на правото може да побара од лицата кои имаат било каква врска со повредата на правата според овој закон (произведувач, печатар, увозник, консигнатор или сопственик, односно имател на примероци, предмети на сродни права или средства со кои било повредено правото), без одлагање да му ги достават податоците и документите во врска со повредата.\nОбврската од став 1 на овој член не се однесува на случаи кога се исполнети условите за повлекување изјава или одговор на одделни прашања во процесната постапка.\nДоколку лицата од став 1 на овој член, не ги достават податоците или документите со кои располагаат, одговараат за надомест на штета што настанува заради недоставувањето.\nЧлен 165\nДоколку носителот на правото пријави дека со увоз на определена стока во државата, неговото исклучиво право според овој закон е повредено, царинските органи, на негово барање, можат да ги определат следниве царински мерки:\n— носителот на правото или неговиот застапник да ја прегледа таа стока и\n— стоката да се заплени, да се исклучи од промет или да се складира на безбедно место.\nСо барањето од став 1 на овој член, носителот на правото е должен да им достави на царинските органи детален опис на стоката, потребни докази за своите исклучиви права и нивната веројатна повреда. На барање на царинските органи, носителот на правото е должен да положи кауција за штетата што би настанала со тие мерки.\nЦаринските органи се должни, за донесените мерки, веднаш да ги известат увозникот и примачот на стоката. Царинските органи ќе ги укинат донесените мерки, доколку носителот на правото во рок од десет дена не поднесе тужба или не започне некоја друга постапка за извршување на донесените мерки.\nЧлен 166\nЗаради обезбедување докази или од други причини авторот, односно носителот на право според овој закон, може да регистрира и депонира оригинали или примерок на свое дело, фонограм, видеограм или предмет од некое друго свое право кај застапник, односно здружение.\nЧлен 167\nНосителот на исклучиво авторско право од овој закон, може да го означи оригиналот или примероците од своето дело со ознака © пред своето име, псевдоним или ознака и годината на првото објавување.\nНосителот на исклучиво право на фонограм според овој закон, може да го означи оригиналот или примероците на својот издаден фонограм или обвивките со ознака ® пред своето име, псевдоним или ознака и годината на првото објавување.\nДоколку не се докаже спротивното, исклучивите права на делата, односно фонограмите, му припаѓаат на лицето означено согласно со ставовите 1 и 2 на овој член.\nОдредбите од овој член немаат влијание врз настанувањето и заштитата на правата според овој закон.\n7.4 Казнени одредби\nЧлен 168\nСо парична казна од четири до 20 плати, ќе се казни за прекршок правно лице кое:\n* без пренесување на соодветно материјално право од авторот, во случаи кога таквиот пренос е потребен според овој закон, репродуцира, дистрибуира, издава, изнајмува, јавно изведува, јавно пренесува, јавно прикажува, јавно изложува, радиодифузно емитува, радиодифузно реемитува, преработува или аудиовизуелно приспособува дело, односно примероци на делото или на друг начин неовластено користи авторско дело (член 19),\n* без наведување на изворот и потеклото, со сакатење или на друг начин, недостојно користи дело од народното творештво (член 42 став 2),\n* без наведување на името, псевдонимот или друга ознака на авторот или со нарушување на интегритетот на целината на делото или со деформирање или со друго користење дело на начин што може да наштети на личноста, честа и угледот на авторот, користи дело на кое истекла заштитата на авторското право (член 52 во врска со член 16 алинеи 4 и 5),\n* не води соодветни книги или друга евиденција за висината на остварената добивка во случај кога надоместот е договорен или определен во зависност од остварената добивка или не овозможи увид во евиденцијата или не доставува извештаи за остварената добивка на носителот на авторското право (член 70),\n* дистрибуира копија на компјутерска програма или поседува, за комерцијални цели, копија на компјутерска програма што е или може да се претпостави дека е недозволена копија (член 102),\n* без пренесување на соодветно исклучиво право од носителот на сродно право (изведувачот или продуцентот) во случаи кога пренесувањето е потребно според овој закон, јавно изведува, репродуцира, дистрибуира или изнајмува снимки од изведбата, сценското дело, фонограмите, видеограмите или изданијата (членови 108, 111, 118, 122, 125, 131, 132 и 133),\n* без пренесување на соодветно исклучиво право од РТВ организација, во случај, кога таквиот пренос е потребен според овој закон, снима, репродуцира, дистрибуира снимки од програмата или на друг начин користи снимки (член 129);\n* одбие колективно остварување на авторско право и сродно право кога тоа ќе го побара носителот на авторско право или сродно право (член 150),\n* не дава податоци за колективното остварување на авторско право и сродно право по барање на носителите на правата или не склучи договор за пренесување на неисклучивите права (член 151 ставови 1 и 2),\n* произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или за друго користење, било какви средства, чија единствена или претежна намена е бесправно да се отстрани или оштети техничка опрема или компјутерска програма, што се употребува како законска заштита од неовластено користење (член 158, алинеја 1) и\n* произведува, увезува, поседува за комерцијални цели, дистрибуира, изнајмува или на друг начин користи било какви средства, кои овозможуваат или помагаат јавноста да прима кодирани радио или телевизиски програмски сигнали, а која за тоа нема овластување(член 158 алинеја 2).\nСо парична казна од една петтина до три плати ќе се казни и одговорното лице во правното лице и поединец кој врши самостојна дејност или професија, за прекршокот од став 1 на овој член.\nСо парична казна од една десеттина до една половина од плата, ќе се казни и физичко лице за прекршокот од став 1 на овој член.\nЗа прекршокот од став 1 на овој член, на правното лице, односно на поединецот кој врши самостојна дејност или професија, ќе му се изрече и заштитна мерка забрана на вршење на дејноста во траење од три месеци до една година, а на соодветното здружение ќе му се одзема дозволата за колективното остварување на авторското право и сродните права и заштитна мерка одземање на примероците на авторското дело од алинеја 1, копиите од компјутерската програма од алинеја 5, снимките на изведбата, односно сценското дело, како и фонограмите и видеограмите од алинеја 6, снимките на програмите од алинеја 7, како и средствата од алинеите 10 и 11 на овој член.\nЗа прекршокот од став 1 на овој член, на физичко лице ќе му се изрече и заштитна мерка одземање на предметите од став 4 на овој член.\nЧлен 169\nСо парична казна од четири до десет плати, ќе се казни за прекршок правно лице кое:\n* нема да му овозможи на авторот увид во јавното изведување на делото или нема да му обезбеди соодветни технички услови за изведувањето (член 81),\n* на надлежно здружение нема да му достави во определен рок преглед, односно податоци за користените дела (член 152 ставови 1 и 3) и\n* на надлежно здружение нема да му достави во определен рок податоци за продадени оригинали на ликовни дела и ракописи на книжевни и музички дела, за продавачот на оригиналите и ракописите (член 152 став 4).\nСо парична казна од една петтина до две плати, ќе се казни и одговорното лице во правното лице и поединец кој врши самостојна дејност или професија, за прекршокот од став 1 на овој член.\nСо парична казна од една десеттина до една половина од плата, ќе се казни физичко лице, за прекршокот од став 1 на овој член.\nЗа прекршокот од став 1 на овој член, на правното лице, односно на поединецот кој врши самостојна дејност или професија, ќе му се изрече заштитна мерка забрана за вршење на дејноста во траење од три месеци до една година.\n7.5 Надзор\nЧлен 170\nУправен надзор над остварувањето на овој закон врши Минис-терството за култура, согласно со овој и со друг закон.\nКога овластено лице (во натамошниот текст: инспектор) при вршење на надзорот основано се посомнева дека е направен прекршок, со решение привремено ги одзема предметите што биле користени или наменети за извршување на прекршокот или биле создадени со прекршокот, согласно со овој закон.\nИнспекторот, предметите што привремено ги одзел, истовремено со предлогот за поведување постапка за прекршок ги предава на надлежниот орган за прекршочна постапка.\n8 ВАЖЕЊЕ НА ЗАКОНОТ\nЧлен 171\nЗаштита според овој закон уживаат автори и носители на сродни права кои се државјани на Република Македонија односно имаат свое седиште во Републиката.\nСтрански автори и странски носители на сродни права уживаат еднаква заштита како и лицата од став 1 на овој член, доколку така е определено со меѓународен договор или со овој закон или ако постои фактички реципроцитет.\nНезависно од другите одредби од Глава осма на овој закон, странците уживаат заштита по овој закон во однос на моралните права во сите случаи, а во однос на правото на следство, под услов на фактички реципроцитет. Реципроцитетот го докажува оној којшто се повикува на него.\nЧлен 172\nЗаштита според овој закон уживаат странски автори:\n* кои имаат престојувалиште во Република Македонија,\n* на дела што прв пат се објавени во Републиката или објавени во Републиката во рок од 30 дена од денот кога биле прв пат објавени во друга држава,\n* на аудиовизуелни дела, чиј продуцент има свое седиште или престојувалиште во Републиката и\n* на архитектонско или ликовно дело, кое како недвижност, односно негов составен дел се наоѓа на територијата на Републиката.\nДоколку авторското дело го создале повеќе автори, заштита по овој закон уживаат сите автори, доколку најмалку еден од нив исполнува еден од условите од став 1 на овој член.\nЧлен 173\nЗаштита по овој закон уживаат странски изведувачи:\n* кои имаат престојувалиште во Република Македонија,\n* чии изведби се остваруваат на територијата на Републиката,\n* чии изведби се снимени на фонограми, што уживаат заштита според овој закон и\n* чии изведби се преземени во емисиите на РТВ организации, но не со цел да бидат снимени на фонограми, што уживаат заштита според овој закон.\nДоколку во изведбата учествуваат повеќе изведувачи, заштита според овој закон уживаат сите, доколку најмалку еден од нив е државјанин на Република Македонија или има престојувалиште во Републиката.\nЧлен 174\nЗаштита, според овој закон, уживаат странски произведувачи на фонограми и филмски продуцент, чиј фонограм или видеограм е прв пат снимен во Република Македонија.\nЗаштита, според овој закон, ужива странски издавач во однос на своите сродни права, доколку изданието било првпат издадено во Републиката или било издадено во Републиката во рок од 30 дена од денот кога било првпат издадено во друга држава.\nЧлен 175\nЗаштита, според овој закон, ужива странска РТВ организација што ги пренесува своите програми преку предаватели што се наоѓаат на територијата на Република Македонија.\nЧлен 176\nЗа странски носители на сродни права, кои уживаат заштита според овој закон, важат роковите за времетраење на тие права согласно со овој закон, а истекуваат најдоцна до денот до кога трае заштитата во државата чиишто се државјани или во која имаат седиште, но не подолго од роковите утврдени со овој закон.\nЧлен 177\nЗаштита, според овој закон, ужива странски автор и странски носител на сродно право, чие дело, изведба или предмет на сродно право е објавено во Република Македонија преку сателит, доколку соодветни програмски сигнали во непрекинат комуникациски синџир, што води до сателитот и назад до земјата во Републиката, се внесени под контрола на надлежна РТВ организација.\nЗаштита, според овој закон, се остварува независно дали е исполнет условот од став 1 на овој член, доколку:\n* во Републиката се наоѓа приемно-отпремна станица, од која се пренесуваат програмските сигнали или\n* РТВ организацијата што нарачала емитување преку сателит е со седиште во Републиката.\nЧлен 178\nАвторите и носителите на сродни права, кои немаат државјанство или чие државјанство не може да се утврди — апатриди, уживаат еднаква заштита според овој закон како и државјаните на Република Македонија, доколку имаат престојувалиште во Републиката.\nЛицата од став 1 на овој член кои немаат престојувалиште во Републиката или доколку тоа не може да се утврди, но имаат нужно сместување во Републиката, уживаат еднаква заштита како државјаните на Републиката.\nЛицата од став 1 на овој член кои немаат ниту престојувалиште ниту нужно сместување во Република Македонија, во Републиката уживаат еднаква заштита како државјаните на државата во која имаат престојувалиште или нужно сместување.\nОдредбите од овој член се однесуваат и на странски автор и на странски носител на сродни права, кои според меѓународните договори или прописите на Република Македонија, има статус на бегалец.\n9 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 179\nМинистерството за култура го распишува конкурсот од член 144 на овој закон заради издавање дозвола за колективно остварување на авторското право и сродните права, во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.\nДоколку врз основа на конкурсот од став 1 на овој член не издаде дозвола, Министерството може да издаде привремена дозвола за колективно остварување на определени права, на правно лице што не ги исполнува условите од член 142 на овој закон. Во привремената дозвола се определува рокот и условите за привремено колективно остварување.\nЧлен 180\nЗдружение што пред донесувањето на овој закон колективно ги остварувало авторските права од членовите 91 и 93 на Законот за авторското право («Службен лист на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90), може да продолжи со работа без дозвола на Министерството за култура, сè додека Министерството за култура не издаде дозвола за колективно остварување на истите права на друго здружение што ги исполнува условите од овој закон.\nТарифите, односно правилниците на здружението од став 1 на овој член донесени пред влегувањето во сила на овој закон врз основа на членот 91-а од Законот за авторското право («Службен весник на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90), се доставуваат до Министерството за култура во рок од 30 дена по влегувањето во сила на овој закон, заради согласност.\nЧлен 181\nОдредбите на овој закон за надомест за објавување фонограми (членови 112 и 119) ќе се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.\nЧлен 182\nОдредбите на овој закон не се однесуваат на договори или дејствија за користење што биле склучени или извршени пред неговото влегување во сила, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nЧлен 183\nОдредбите на овој закон за компјутерски програми и бази на податоци се применуваат и за компјутерски програми и бази на податоци создадени пред денот на неговото влегување во сила, доколку со тоа не се посега во договорите и правата склучени или стекнати до тој ден.\nЧлен 184\nОвој закон се применува за сите авторски дела и изведби на изведувачи, што во моментот на неговото влегување во сила уживале заштита врз основа на Законот за авторското право («Службен лист на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90).\nОвој закон се применува и на предмети на сродни права, доколку до денот на влегувањето во сила на Законот не изминале 20 години од денот кога прв пат биле законски издадени, односно снимени.\nЧлен 185\nСо денот на влегување во сила на овој закон, престанува да важи Законот за авторското право («Службен лист на СФРЈ» број 19/78, 34/78, 24/86, 75/89 и 21/90).\nЧлен 186\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во «Службен весник на Република Македонија».\n10 Измени и дополнувања\n* Измени и дополнувања 22.01.1998\n* Измени и дополнувања 27.12.2002\n* Измени и дополнувања 17.11.2005\n-----\n11 Конвенции\n# Универзална Копирајт Кинвенција, усвоена во Женева во Септември 1952, ревидирана во Париз на 24 Јули 1971 година;Закон за ратификацијана универзалнаат копирајт конвенција, (Службен весник на СФРЈ, 54/73) — Преземен од поранешна СФРЈ врз база на сукцесија;\n# The Berne Convention for the Protection of Literary and Artistic Works, Paris Act of July 24, 1971, as amended on September 28, 1979;Law on Ratification of the Berne Convention for the protection of Literary and Artistic Works, of March 12, 1975, Belgrade (Official Gazette of SFRY, 14/75 and 14/86) — Taken over from former SFRY on the base of succession; By Notification Berne No. 187 revoked the reservation of nonapplication of the Article 8 from the Convention;\n# Rome Convention, International Convention for the Protection of Performers, Producers of Phonograms and Broadcasting Organisations, at Rome, October 26, 1961;Law on ratification of the Rome Convention, International convention for the protection of performers, producers of phonograms and broadcasting organisations, (Official Gazette of RM, 50/97) — With reservations of nonapplication of the Article 5 (1) (c) according to Article 5 (3) of the Convention and Article 12 according to Article 16 (1) (a) (i) of the Convention;\n# Convention for the Protection of Producers of Phonograms Against Unauthorized Duplication of Their Phonograms, of October 29, 1971;Law on Ratification of the Convention for the Protection of Producers of Phonograms Against Unauthorized Duplication of Their Phonograms, (Official Gazette of RM, 47/97);\n# Convention Relating to the Distribution of Programme — Carrying Signals Transmitted by Satellite, at Brussels on May 21, 1974 (Official Gazette of SFRY) — Taken over from former SFRY on the base of succession.\n----\n1. WIPO Copyright Treaty, of December 20, 1996; and\n2. WIPO Performances and Phonograms Treaty, of December 20, 1996; Provisions of the both Treaties incorporated.\n12 Директиви на Европскиот Совет\n# Council Directive on the legal protection of computer programs, No. 91/250/EEC of May 14, 1991;\n# Council Directive on rental right and lending right and on certain rights related to copyright in the field of intellectual property, 92/100/EEC of November 19, 1992;\n# Council Directive on the coordination of certain rules concerning copyright and rights related to copyright applicable to satellite broadcasting and cable retransmission, 93/83/EEC of September 27, 1993;\n# Council Directive harmonizing the term of protection of copyright and certain related rights, 93/98/EEC, of October 1993;\n# Directive 96/9/EC of the European Parliament and of the Council of March 11, 1996 on the Legal Protection of Databases (referred to databases in the part of provisions of databases as copyright work. Sui generis right of databases not incorporated yet).\n13 Препораки на Советот на Европа\n# Council Recommendation on the rules referred to the copyright matters in the field of satellite and cable television, No. R (86) 2;\n# Council Recommendation on sound and audiovisual private reproduction, No. R (88) 1;\n# Council Recommendation on the measures against piracy in the field of copyright and related rights, No. R (88) 2;\n# Council Recommendation on the rules referred to copyright matters in the field of reprography, No. R (90);\n# Council Recommendation on the legal protection of the encoded television broadcasts, No. R (91) 14.\n14 Друга регулатива\n# Agreement on Trade — Related Aspects of Intellectual Property Rights (TRIPS Agreement, 1994)", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE_%D0%B8_%D1%81%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 14402, "cyrillic": 0.969}
{"id": "2881", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Регистрирање)", "text": "Регистрирањето на корисничко име е опционално, но е препорачано.\nСекој може да придонесе на Викиизвор, без разлика дали избрале да се регистрираат или не. Сепак, мора да се има регистрирано корисничко име за да се создаваат нови статии.\nПостојат три главни причини поради кои луѓето се охрабрувани да се регистрираат:\nПоседувањето на сметка Ви овозможува многу предности, вклучувајќи повеќе уредувачки опции и кориснички преференци. Една корисна функција е листата на набљудувани страници, која Ви овозможува лесно да ги следите промените на страниците за кои сте заинтересирани. Друга е можноста за преместување (преименување) на статиите. (Не ги преместувајте статиите преку копи/пасте на текстот, бидејќи на тој начин не се зачувува историјата на уредувањата. Наместо тоа, прашајте на ВИ:Порталот за помош од регистриран корисник.)\nНерегистриран корисник е идентифициран преку IP адресата на неговата/нејзината машина, која е користена како јавен идентификатор кога се прават придонеси (и при потписи на страници за разговор). IP адресата на Вашиот компјутер може да се искористи за да се најдат информации за Вас, затоа регистрирањето значително ја ''зголемува'' Вашата приватност со нејзиното криење. Исто така, бидејќи IP адресите често се менуваат, нерегистрираните корисници понекогаш ја имаат потешкотијата да добијат почит од другите уредувачи преку градење на солидна низа на уредувања. Исто така е и потешко да се водат комуникации на страниците за разговор со такви нерегистрирани корисници, бидејќи им недостасува уникатна страница за разговор. Заради тие причини, многу корисници се регистрираат за да индицираат поголема подготвеност да застанат зад своите уредувања и коментари на страници за разговор. Ова значи дека на Вашите уредувања и коментари ќе им биде дадена поголема тежина.\nКонечно, само регистрираните корисници можат да станат администратори (уште познати и како сисопи). Ако се регистрирате, не заборавајте го Вашето корисничко име и лозинка. Ако сте склони кон заборавање на овие, пратете си ги на Вашата е-поштенска адреса и потврдете ги кога ќе се пријавите за да Ви биде испратена нова лозинка ако ја заборавите моменталната.\n0.1 Како да се регистрирате\nЗа да се регистрирате, стиснете горе, или стиснете на „Најавете се“ во горниот десен агол на било која страница. Нема да можете (лесно) да го промените корисничкото име откако еднаш го изберете, затоа внимателно размислете. Не користете вулгарни, непристојни или навредувачки имиња, или имиња кои создаваат збунетост или конфликтност.\nЗавршете го курсот со заклучок и повеќе инфо →", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%A0%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%29", "word_count": 386, "cyrillic": 0.992}
{"id": "2876", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Викиврски)", "text": "Викиврски се сините и црвените линкови во статиите на Викиизвор кои водат до други статии. Поврзувањето на статиите заедно е многу важно. Овие врски кои лесно се креираат им овозможуваат на корисниците да дојдат до информации поврзани со темата која ја читаат и се важни за лесното употребување на Викиизвор.\n0.1 Кога да употребувате врски\nНајлесниот начин да научите каде да ставате врски е да ги разгледате статиите на Викиизвор за примери. Ако се двоумите дали да ставите викиврска или не, само запрашајте се себе си „Ако јас ја читам оваа статија, дали врската мене би ми била корисна?“ Обично ставете врска на првото, и само првото, појавување на збор/термин во статија, што нема имплицитно јасна дефиниција.\n0.2 Како да создавате врски\nКога сакате да создадете врска до друга страница на Викиизвор потребно е насловот да го ставите во двојни средни загради:\n:Викиизвор = Викиизвор\nПоставувањето на врската се прави понекогаш со двојни средни загради и знакот за исправена линија (|) ако зборот се менува (на пример во овој случај се членува), а има потреба да се направи врска со истата статија. На пример:\n:окото = окото или Окото = Окото\nМожете да направите врска до специфична секција на некоја статија на следниот начин:\n:географијата на Р. Македонија = географијата на Р. Македонија\nАко сакате прикажаниот текст да биде закосен или задебелен, ставете ги апострофите до средните загради, на овој начин:\n:''Мојата борба'' = ''Мојата борба''\nВикиврски се стават и на датуми, со тоа што денот и месецот се во една врска, а годината во втора:\n:13 јули, 2001 13 јули 2001\nСтавањето врски на датуми може да не изгледа како многу важна работа, но сепак е значајна за начинот на кој датумите се прикажуваат во интернет пребарувачот, зависно од прилагодувањата на корисникот.\nИспробајте го она што го научивте во песокот\n0.3 Категории\nМожете да ставите една статија во некоја категорија заедно со други поврзани статии, од иста тема. Само внесете [[Категорија: и ставете го името на категоријата меѓу двете точки и средните загради.\nЗа да направите врска до страница на некоја категорија (на пример, како референца за понатамошно истражување), само ставете две точки (:) на почетокот на зборот „Категорија“, на следниов начин\n::Категорија:Хемија\nГорниот код го создава следново:\n::Категорија:Хемија\nМногу е важно да ги ставате статиите во правилните категории за луѓето лесно да го пронајдат Вашиот труд. Најдобриот начин да најдете во која категорија да ја сместите статијата е да разгледате страници на слична тема и да видите кои категории тие ги користат. На пример, ако сте напишале статија за вид на некое дрво, можете да видите статија за некој друг вид на дрво и да видите кои категории се соодветни.\nЗа повеќе информации видете ја страницата за категории\nПродолжете со курсот за вики сестринските проекти →", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%29", "word_count": 456, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2897", "title": "Викиизвор:Листа на банирани корисници", "text": "Ова е листа на банирани корисници на македонската Викиизвор. Листата е подредена спрема периодот кога се доделиле бановите.\n1 Банирани корисници од страна на администратори\n*\n2 Поврзано\n*Викиизвор:Барање за банирање корисник\n*Викиизвор:Банирање\n*Администратори\n*Викиизвор:Огласна табла за администратори", "subject": ["Администратори на Викиизвор", "Администрација на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9B%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2878", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Надворешни врски)", "text": "Ако додавате информации на една статија, мора да ги вклучите Вашите извори, бидејќи недокажаните факти можат да бидат отстранети. Најдобро е да употребувате референци во форма на фусноти, така другите уредувачи и читачи можат да ја проверат информацијата во точно определената секција на текст која ја додавате. Исто така, погрижете се изворите кои ги употребувате да бидат веродостојни и авторитативни.\n0.1 Фусноти\nНајлесниот начин да создадете референци е преку фусноти. Тие се создаваат во вики-кодот преку додавање на:\n*<ref>ВАШИОТ ИЗВОР ref ознаки околу Вашиот извор, и\n* под секција со име==Референци== блиску дното на страницата\nАко Вашиот извор е вебсајт, можете да создадете надворешна врска до адресата на страната. Не употребувајте други страници на Викиизвор како извори!\nЗа да создадете надворешна врска до Вашиот извор, ставете ја адресата на страната (URL) во средни загради по текстот што сте го додале, како што е примерот:\n*<ref>\nДобра идеја е да дадете краток опис по адресата на надворешната страница. Овој опис ќе биде прикажан во листата на референци како насловот на надворешната страница, бидејќи во спротивно ќе се прикаже адресата (URL) на сајтот.\n0.2 Референци без фусноти\nАко ставите надворешна врска во средни загради без да ставите опис, на пр. вака:\n:\nќе се прикаже линк до број во загради, вака: .\nАко едноставно внесете го сиот URL до страницата која сакате да ја поврзете, ќе добиете:\n:\nВики-софтверот автоматски ќе го третира овој текст како готова веб адреса, вклучувајќи го делот „http://“. Препорачано е да не го употребувате многу овој формат, бидејќи суровите URL адреси се грди и често не навестуваат што е всушност сајтот.\nАко внесете празно место по URL во средни загради, можете да одлучите кој текст ќе биде видлив, на пример:\n:\nќе го направи видлив само текстот по празното место, а сепак врската ќе си остане, како што се гледа овде:\n:\nОдбегнете ја оваа употреба: „Според , последната полна месечина на вториот милениум се случила на 11 декември, 1999.“ Тоа заменете го со: „Последната полна месечина на вториот милениум се случила на 11 декември, 1999.“\nАко не употребувате ref ознаки за создавање на фусноти за изворот, туку директно го наведувате изворот (на пр. некоја конкретна книга) мора исто да додадете листа на Референци или Извори или Забелешки и референци блиску до дното на статијата.\n0.3 Секцијата надворешни врски\nМногу статии на Викиизвор имаат посебна секција со ознака Надворешни врски. Оваа секција е за поврзување со вебсајтови кои даваат значајни и веродостојни дополнувачки информации за темата на статијата. Пред да додадете некој вебсајт до секцијата Надворешни врски, треба да го предложите истиот на страницата Разговор за таа статија.\nИспробајте го наученото во песокот\nПродолжете го курсот со страници за разговор&rarr;", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%9D%D0%B0%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8_%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%29", "word_count": 442, "cyrillic": 0.979}
{"id": "2892", "title": "Викиизвор:Училиште за нови администратори/Заштитување", "text": "Администраторите можат да заштитат страница за го заштитат уредувањето или преместувањето на таа статија и исто така да го отстранат заштитувањето. Тоа заштитување може да биде за секогаш или на одредено време.\n*Целосна заштита оневозможува уредување на сите корисници освен администратори;\n*Делумна заштита оневозможува уредување од страна на кориснички сметки кои не се автопотврдени;\n*Заштита за создавање спречување да се создаде избришана статија;\n*Заштита за преместување спречува преместување или преименување на статии.\n1 Целосна заштита\nЦелосно заштитена страница може да биде уредувана само од администратори. Заштитата може да биде со ограничено времетраење, како на пример 7 или 14 дена, или може да биде бесконечна. Кутијата за уредување за целосно заштитена страница е засенета.\nСекоја модификација на целосно заштитена страница треба да биде дискутирана на нејзината страна за разговор. Кога се постигнува цензус за одредената измена, секој администратор може да ја измени дискутираната содржина.\n1.1 Оспорување на содржина\nСтраните кои подлегнале на уредувачко војување, привремено целосно заштитување може да ги натера корисниците да разговараат за уредувањата на страната за разговор, каде можат да постигнат консензус.\nКога се заштитува статија поради спорови околу содржината, администраторите нормално ја заштитуваат моменталната верзија на статијата, освен ако содржината содржи текст каде се прекршуваат принципите на Викиизвор. Администраторите исто така можат да ја вратат статијата и не смеат да заштитуваат или отстрануваат заштита за да ги подржат своите тези.\n1.2 Вандализам\nПостојано вандализирање вообичаено не се причина за целосно заштитување на статија. За вакви случаеви се користи делумната заштита на статијата која е вандализирана.\n2 Делумна заштита\nДелумна заштита на статија спречува уредување на анонимни корисници и кориснички сметки што не се автопотврдени.\nАдминистраторите можат да искористат делумна заштита на страница која подлегнала на големо вандализирање или кршење на принципите на Викиизвор.\nДодатно на тоа, администраторот може да вметне привремено делумно заштитување на страници кои се:\n* предмет на значаен но привремен вандализам,\n* предмет на уредувачко војување каде сите вклучени страни се анонимни или од нови корисници. Ова не важи за авто-потврдени корисници.\n* страни за разговор кои подлегнале на постојано нарушување.\n* Страници за разговор на блокирани IP адреси кои биле подлегнати на постојано несоодветно уредување, вклучувајќи постојано нецивилно навредување или навредливи забелешки. Заштитата треба да биде лимитирана за да не го надмине времето на блокот.\nДелумната заштита не смее да биде користена како мерка против вандализам кој сè уште не се случил или да се искористи против анонимни или нови корисници.\n2.1 Кориснички страници\nКорисничките страници и потстраниците можат да бидат делумно заштитени, но не целосно заштитена, по барање на корисникот ако има доволно докази за вандализам или нарушување на содржината. Корисничките страници не вообичаено не се заштитени, освен во случај на постојано вандализирање.\n3 Заштита од создавање\nСтраници што не постојат можат да бидат заштитени, за одреден период, ако тие постојано се создавани после бришењето според критериумите за брзо бришење. Администраторите можат да употребат заштита на непостоечка статија со истата постапка како и за другите страници. Таква ситуација е многу чувствителна.\nАдминистраторите не смеат да ја користат оваа заштита за статии што воопшто не биле создадени, туку да биде користена само за вистински случаеви. Корисниците кои сакаат да создадат ваква статија мора да се консултираат со администраторите.\n4 Заштита за преместување\nСтатија заштитена од преместување не може да биде преместена под нов наслов освен од страна на администратор. Оваа заштита се користи во случај:\n* статијата да е под влијание на постојано вандализирано преместување;\n* името на статијата да е оспорено;\n* да станува збор за често видливи страници за кои нема потреба од преместување (на пример: Главна страница, Помош:Содржина и др.).\nЦелосно заштитетните статии се исто така и заштитени од преместување. Ако заштитена страна е преместена од страна на администратор, тогаш статијата со нов наслов ќе биде исто така заштитена од преместување. Во ваков случај, администраторите треба да избегнуваат фаворити за името.", "subject": ["Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A3%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/%D0%97%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 629, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2898", "title": "Викиизвор:Барање за банирање корисник", "text": "Ова е страна за барање на банирање на одреден корисник. Администраторите или Вики Заедницата одлучуваат за резултатите на барањето.\n1 Барање\n*\n2 Поврзано\n*Викиизвор:Листа на банирани корисници\n*Викиизвор:Банирање\n*Администратори\n*Викиизвор:Огласна табла за администратори", "subject": ["Администрација на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2880", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Не заборавајте)", "text": "Постојат некои работи кои треба да ги имате на ум кога ја уредувате Викиизвор.\n0.1 Без свои истражувања\nВикиизвор не е место за „оригинални истражувања“ &mdash; т.е. нови теории и сл., кои не се целосно докажани или потврдени. За повеќе информации, видете Што не е Викиизвор.\nИсто така ги обесхрабруваме авторите да пишуваат за себе или за своите достигнувања, бидејќи ова претставува конфликт на интереси. Ако имате направено значителни успеси, некој друг евентуално ќе напише статија за Вас.\n0.2 Неутрална гледна точка\nПравило при уредувањето на Викиизвор е она на „неутрална гледна точка“, често скратено како „НГТ“. Ова правило вели дека ги прифаќаме сите важни гледишта на еден проблем. Наместо една перспектива, ние ги прикажуваме сите релевантни гледни точки без да им судиме. Нашата цел е да информираме, а не да убедуваме. Ова правило НЕ значи дека нашите статии се 100% објективни, бидејќи во секој конфликт сите страни вреуваат дека нивниот поглед е „правилен“.\nОК е да давате мислења во статии, но тие мора да бидат презентирани како мислења, а не како факти, Исто така, добра идеја е да им придавате атрибути на овие мислења, како на пример: „Поддржувачите на ова велат дека...“ или „Познатиот коментатор X верува дека...“\nМожно е да најдете дискусии за статии во кои се вели дека е оспорена неутралноста. Овде станува збор за статии кои се очигледно напишани од една перспектива. Маркетингот на продукти е во оваа категорија, како и политичката определеност. Во помалку екстремни случаи, статиите имаат проблеми со неутралноста ако значително подолго дискутираат само еден поглед во однос на друг со иста важност, и покрај тоа што погледот е презентиран на неутрален начин.\nБидете внимателни ако го посветите своето време во уредување на контроверзни статии во теми како што се политиката или религијата и запомнете да останете смирени и објективни кога дебатата ќе се вжешти. Ако се посветите на помалку емоционални теми, на пр. статии за видео игри или филмови, пак запомнете да ја чувате својата неутралност.\n0.3 Цитирајте извори\nВикиизвор бара да ги цитирате изворите за информацијата со која придонесувате. Сите извори треба да бидат во листа под секција наречена „Референци“. Ако постојат некои вебсајтови кои можат да му бидат од посебен интерес на читателот во врска со темата, тие треба да бидат содржани во листа под секција наречена „Надворешни врски“, а книги од посебен интерес за темата треба да бидат наведени во секцијата „Понатамошно читање“, но само ако тие не се користени како извори за статијата. Цитатите им помагаат на нашите читатели да го потврдат она што сте го напишале и да најдат повеќе информации.\nВидете Викиизвор:Цитирајте извори за повеќе информации.\n0.4 Авторски права\nНе поднесувајте заштитен материјал без дозвола. Кога додавате информации во статиите, бидете сигурни дека се напишани со свои зборови. Запомнете дека сите информации најдени на интернет се заштитени освен ако вебсајтот специфично не го тврди спротивното. Особено бидете внимателни при подигнувањето на слики, бидејќи најголемиот дел од оние кои се најдени на интернет не се слободни и не можат да бидат подигнати на Викиизвор. Слики заштитени со авторски права се користат само во исклучителни услови на фер употреба.\nЗа повеќе информации, видете Викиизвор:Авторски права.\nЗа повеќе информации, видете Викиизвор:Подигнување на слики.\n0.5 Стандарден јазик и стил\nКога пишувате статии, бидете сигурни дека Вашиот текст е напишан на стандарден македонски јазик, а не на некој од дијалектите. Од голема важност е и правописот на текстот, кој треба да биде по кодифицираните стандарди. За повеќе информации, видете Правопис на македонскиот јазик.\nВикиизвор е библиотека и употребува енциклопедиски стил на пишување. Статиите треба да бидат со формален начин на нарација, со конкретни реченици изградени од факти, а не мислења. Избегнувајте употреба на атрибути кои ја опишуваат дадената тема. Наместо да кажете, на пример, „Адолф Хитлер е најлошиот злосторник на 20-от век..“ наведете ги само делата кои ги извршил Хитлер, користејќи објективност и дадете му на читателот сам да пресуди и сам да го одреди карактерот на темата.\n0.6 Однесување\nВикиизвор охрабрува атмосфера на пријателство и отвореност. Секако, во пракса понекогаш се случуваат некои несогласувања и по некој вжештен аргумент, но од членовите на заедницата се очекува да се однесуваат на генерално цивилен начин.\nНајважната работа која треба да ја имате на ум е дека секогаш треба да претпоставите добри намери во врска со другите уредувачи. Не претпоставувајте дека некој делува од инает или за зли намери. Ако некој или нешто Ве вознемирува, оставете учтива порка на страницата за разговор на поврзаната статија или на страницата за разговор на корисникот, и прашајте зошто. Можете да откриете понекогаш дека сте избегнале недоразбирање и сте се поштедиле себеси од посрамување.\n0.7 Преименување на статии\nАко најдете статија за која верувате дека е погрешно именувана, Ве молиме, немојте да ја копирате и залепите содржината на старата статија во нова статија - меѓу другите работи, ги одделува претходните уредувања од нивната историја на уредувања (кои мораме да ги чуваме заради причини поврзани со авторските права). Преферираниот метод е да се премести страницата во новото име. Ако ова Ви е прв обид за таков потфат, Ве молиме внимателно читајте ги правилата на страницата за преместување, бидејќи има број на проблеми кои треба да се имаат на ум при преместување на статии. Најдобро би било да се консултирате со некој од администраторите или од поискусните уредувачи.\nТестирајте го она што го научивте во песокот\nПродолжете го курсот со регистрирање &rarr;", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%9D%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5%29", "word_count": 894, "cyrillic": 0.997}
{"id": "2891", "title": "Викиизвор:Училиште за нови администратори/Бришење", "text": "Правилата на Викиизвор за бришење опишуваат како страници можат да се избришат и отстранат од Викиизвор. Бришењето ја брише статијата и нејзините поранешни измени, односно историјата на самата статија. За разлика од бришењето на содржината кое може да биде направено од сите корисници, бришењето на статијата може да се изведе од страна на администратори. Администраторите моѓе да ја видат избришаната статија и да ја вратат назад во употреба.\n1 Причини за бришење\nПричини за бришење ги вклучуваат следните работи:\n* Прекршување на авторски права и други материјали што ги прекршуваат правилата на Викиизвор за фер употреба.\n* Вандализам, вклучувајќи беспотребни пренасочувања, статии без смисла и содржина.\n* Рекламирање и друг вид на спамирање без релевантна содржина.\n* Статии кои неможат да бидат подржани со соодветни цврсти докази, вклучувајќи неологизми, статии без оригинално истражување.\n* Статии за кои безуспешно се барало цврти и веродтојни докази.\n* Статии кои не ги исполнуваат критериумите за важност на темата.\n* Статии што не ги исполнуваат критериумите и начелата за статии за живи личности.\n* Бескорисни шаблони.\n* Категории што се преклопуваат со останати категории.\n* Слики ште не се користени или ги прекршуваат правилата за фер употреба.\n* Секој друг вид на слика, шаблон, проект или корисник кои се спротивни на правилата и принципите на Викиизвор.\n* Секој друг вид на содржина што не е соодветна за енциклопедија.\n2 Алтернативи за бришење\n2.1 Уредување\nАко статијата може да биде подобрена, тоа може да биде решено преку стандардното уредување. Различни видови на шаблони можат да се додадат на статијата за да го разрешат проблемот. Некои од најчестите можности се:\n*Чистење на статијата од лоши напишан текст,\n*Стручна помош за одредена статија,\n*Превод на статии што не се напишани на македонски јазик,\n*Кратки статии,\n*Веродостојност на статии,\n*Спојување на кратки статии во некои поголеми статии.\nСтраници со несоодветно име можат едноставно да се преименуваат со ново, посоодветно име. Разликите за името се разрешаваат на страната за разговор на соодветната статија. Вандализирање на статија може да биде избришано од секој корисник.\n2.2 Спојување\nСтатиите што се кратки и немаат можност за проширување, се спојуваат со други сродни статии. На пример, биографии на членови од семејство на некоја позната личност, во случај да се многу мали, се спојуваат со статијата на популарната личност.\nАко две статии се удвојуваат, една треба да биде споена со другата и ова не побарува соодветен разговор.\n2.3 Разговор\nСпорови за страници и нивната содржина не се разрешуваат со нивно бришење. Несогласувања околу правилата и прописите не се разрешуваат со бришење. Тоа се разрешува со разговор на соодветната страница за разговор.\nРазговорт за спорната содржина се одвива на страната за разговор и тука се договорува конечниот изглед на статијата. Нерешливи спорови може да побараат администраторска помош.\n2.4 Други проекти\nНекои статии не припаѓаат на Викиизвор, но се соодветни за некои од сестринските пректи на Викиизвор. Таквите статии можат да бидат копирани и пренесени кон соодветните сестрински пректи и по префрлувањето статијата се брише. Во случај да статијата биде повторно создадена, тогаш се пренасочува кон соодветната статија од сестринскиот проект.\n2.5 Архивирање\nБришење на статии не се користи за архивирани статии.\n3 Достапност до избришани статии\nИзбришаните статии не се достапни за јавен преглед. Како и да е, тие остануваат во базата (барем привремено), и се достапни за администраторите. Секој корисник што има потреба од копија од избришаната статија може да побара и да му се даде од страна на администратор. Овие побарувања најчесто се одбивани ако содржината ги прекршува правилата на Викиизвор, најчесто авторското право.", "subject": ["Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A3%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%88%D0%B5%D1%9A%D0%B5", "word_count": 574, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2896", "title": "Викиизвор:Банирање", "text": "Правилото за банирање на Викиизвор е формално одземање на привилегиите при уредување на една или повеќе страни на Викиизвор, најчесто банирање на статија, цела тема или можеби банирање од целиот проект. Банот може да биде привремен или постојан. Стандардната покана „уредете ја оваа статија“ не се применува кај банираните корисници.\nКорисниците може да бидат банирани поради процес на разрешување на проблем или според прекршување на правилата на арбитражата.\nОва е социјална мерка, не техничка. Но ако банираниот корисник продолжи да уредува статија од која е баниран тогаш следува или зајакнување на банирањето или блокирање.\nБанирањето не треба да се поситоветува со блокирање, кој е технички механизам со кој се оневозможува еден корисник да уредува статии.\n1 Одлука за банирање\nОдлуката за банирање на корисник може да биде според:\n# Вики заедницата може да одлучи да банира еден корисник преку консензус,\n# Комитетот за арбитража може да додели бан, обично ако има барање за арбитража, со максимален бан од една година.\n# Џимбо Велс има право да банира корисник.\n# Викимедија Фондацијата има право да банира корисник\nБанирањето може да биде:\n#банирање на една статија,\n#банирање на цела тема статии,\n#банирање на цел проект.\n2 Бан од заедницата\nЗаедницата може да донесе најразлични банови донесени според консензус:\n* Ако се докажало дека корисникот има чести нарушувачки уредувања, заедницата може да дискутира за банирање на корисникот.\n*Ако корисникот го заморил трпението на Зедницата и ако администратор го блокирал корисникот за секогаш.\n* Во некои случаево заедницата може да одлучи да не одблокира корисник според постигнат консензус.\n3 Банирање од администратор\nСпоред правилата на Викиизвор, администраторите се во можност да доделат санкции ако мислат дека има прекршување на некое правило. Вакви санкции се бановите и блоковите.\nПримери за банови:\n* \"Не ви е дозволено да уредувате статии од оваа област во период од еден месец иако можете да учествувате во страните за разговор.\"\n* \"Не можете да уредувате или учествувате на страните за разговор за оваа страна за период од еден месец,\" итн\n3.1 Блок\nВо случај да корисникот е баниран а при тоа сè уште уредува, следува блок од една недела.\n4 Воскреснување\nБанираните или блокираните корисници се враќаат на Викиизвор најчесто со други кориснички сметки. Таквите корисници се блокираат за секогаш или за подолг период.\n5 Поврзано\n*Викиизвор:Листа на банирани корисници\n*Викиизвор:Барање за банирање корисник", "subject": ["Викиизвор:Принципи и напатствија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 379, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2894", "title": "Викиизвор:Критериуми за бришење", "text": "Правилата на Викиизвор за бришење опишуваат како страници можат да се избришат и отстранат од Викиизвор. Бришењето ја брише статијата и нејзините поранешни измени, односно историјата на самата статија. За разлика од бришењето на содржината кое може да биде направено од сите корисници, бришењето на статијата може да се изведе од страна на администратори. Администраторите моѓе да ја видат избришаната статија и да ја вратат назад во употреба.\n1 Причини за бришење\nПричини за бришење ги вклучуваат следните работи:\n* Прекршување на авторски права и други материјали што ги прекршуваат правилата на Викиизвор за фер употреба.\n* Вандализам, вклучувајќи беспотребни пренасочувања, статии без смисла и содржина.\n* Рекламирање и друг вид на спамирање без релевантна содржина.\n* Статии кои неможат да бидат подржани со соодветни цврсти докази, вклучувајќи неологизми, статии без оригинално истражување.\n* Статии за кои безуспешно се барало цврти и веродтојни докази.\n* Статии кои не ги исполнуваат критериумите за важност на темата.\n* Статии што не ги исполнуваат критериумите и начелата за статии за живи личности.\n* Бескорисни шаблони.\n* Категории што се преклопуваат со останати категории.\n* Слики ште не се користени или ги прекршуваат правилата за фер употреба.\n* Секој друг вид на слика, шаблон, проект или корисник кои се спротивни на правилата и принципите на Викиизвор.\n* Секој друг вид на содржина што не е соодветна за енциклопедија.\n2 Алтернативи за бришење\n2.1 Уредување\nАко статијата може да биде подобрена, тоа може да биде решено преку стандардното уредување. Различни видови на шаблони можат да се додадат на статијата за да го разрешат проблемот. Некои од најчестите можности се:\n*Чистење на статијата од лоши напишан текст,\n*Стручна помош за одредена статија,\n*Превод на статии што не се напишани на македонски јазик,\n*Кратки статии,\n*Веродостојност на статии,\n*Спојување на кратки статии во некои поголеми статии.\nСтраници со несоодветно име можат едноставно да се преименуваат со ново, посоодветно име. Разликите за името се разрешаваат на страната за разговор на соодветната статија. Вандализирање на статија може да биде избришано од секој корисник.\n2.2 Спојување\nСтатиите што се кратки и немаат можност за проширување, се спојуваат со други сродни статии. На пример, биографии на членови од семејство на некоја позната личност, во случај да се многу мали, се спојуваат со статијата на популарната личност.\nАко две статии се удвојуваат, една треба да биде споена со другата и ова не побарува соодветен разговор.\n2.3 Разговор\nСпорови за страници и нивната содржина не се разрешуваат со нивно бришење. Несогласувања околу правилата и прописите не се разрешуваат со бришење. Тоа се разрешува со разговор на соодветната страница за разговор.\nРазговорт за спорната содржина се одвива на страната за разговор и тука се договорува конечниот изглед на статијата. Нерешливи спорови може да побараат администраторска помош.\n2.4 Други проекти\nНекои статии не припаѓаат на Викиизвор, но се соодветни за некои од сестринските пректи на Викиизвор. Таквите статии можат да бидат копирани и пренесени кон соодветните сестрински пректи и по префрлувањето статијата се брише. Во случај да статијата биде повторно создадена, тогаш се пренасочува кон соодветната статија од сестринскиот проект.\n2.5 Архивирање\nБришење на статии не се користи за архивирани статии.\n3 Достапност до избришани статии\nИзбришаните статии не се достапни за јавен преглед. Како и да е, тие остануваат во базата (барем привремено), и се достапни за администраторите. Секој корисник што има потреба од копија од избришаната статија може да побара и да му се даде од страна на администратор. Овие побарувања најчесто се одбивани ако содржината ги прекршува правилата на Викиизвор, најчесто авторското право.", "subject": ["Одржување на Викиизвор", "Викиизвор:Принципи и напатствија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9A%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BC%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%88%D0%B5%D1%9A%D0%B5", "word_count": 574, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2895", "title": "Викиизвор:Блокирање", "text": "Блокирање е метод со кој администраторите можат технички да ги спречат корисниците од уредување на Викиизвор. Блоковите се користени за превенција од штета или нарушување на Викиизвор. Блоковите понекогаш се користени како средства за спречување на нечие однесување кое е штетно.\nСекој корисник може да побара блокирање на огласната табла за администратори. Корисниците кои побарале блокирање мора да поднесат цврсти докази со кои се потврдува блокирањето. Администраторите не се должни да дадат блок веднаш и може да ја истражат ситуацијата. Бидејќи блоковите можат да бидат прегледани и да им се поднесе жалба, често е важно администраторите да ги прегледаат ситуациите подетално пред да преземат соодветни мерки.\nЖалба на блокирање е инструкција за отстранување на блок. Освен во случај на видна грешка, администратприте не смеат да вратат блок од друг администратор без соодветен разговор.\n1 Причина и цел\nСите блокови постојат за да го заштитат проектот од штета и да ги намалат идните проблеми. Кога помалите мерки не се ефективни соодветна употреба на блок се користи за следните четири основни принципи:\n#''Спречување'' штета на Викиизвор.\n#''Спречување'' на лошо однесување со отежнувањето на уредување.\n#''Охрабрување'' на сфаќањето дека сегашното однесување не може да продолжи и нема да се толерира.\n#''Охрабрување'' на попродуктивен стил на уредување со нормите на заедницата.\nБлоковите се наменети да ги намалат идните проблеми, со или отстранување или охрабрување на промени. Тие не се наменети како средства за казна или за нерационална употреба.\n2 Чести причини за блокирање\nСледните се едни од најчестите причини за блокирање.\nКога во случај има двоумење за блокирање, најдобро е да се побара и совет од друг администратор.\nАдминистраторите мора да бидат особено внимателни кога се справуваат со новодојденци, Почетничките корисници се чесно не запознати со правилата на Викиизвор и со нивното почетничко однесување можат да остават впечаток на вандализирано уредување што може да се покаже подоцна спротивното.\n2.1 Заштита\nКорисник може да биде блокиран кога има потреба да се заштитат правата, сопственоста и безбедноста на Викимедија Фондацијата. Блокирањето може да биде како резултат на:\n* постојано создавање на лични напади;\n* создавање лични, професионални или легални закани;\n* изведување на дејства што ги става останатите корисници во опасност;\n* откривање на лични информации (спротивно на волјата на дотичниот корисник);\n* постојано нарушување на правата на сопственост;\n* постојано објавување на материјали спротивни на правилото за објавување на биографиии на живи личности ;\n* сметки за кои се докажало дека се загрозени.\n2.2 Нарушување\nКорисник може да биде блокиран кога неговото уредување го нарушува проектот. Таков блок се доделува ако корисникот:\n* вандализира;\n* не покажува цивилно однесување;\n* малтретира;\n* спамира;\n* создава уредувачко војување или враќање на статии;\n* користи марионети;\n* ако ги пореметува и наручува правилата на Викиизвор.\nПонатак, останати кориснички сметки можат да бидат блокирани во случај на:\n* јавни кориснички сметки (кога лозинката е објавена јавно);\n* кориснички сметки со несоодветни имиња на сметките;\n* Оперирање со бот без соодветна дозвола;\n* Сметки што служат за промовирање на личност, компанија, продукт, услуга или организација.\n2.3 Зајакнување банови\nБановите се формално стопирање на одреден корисник да уредува за одредена тема или статија на Викиизвор. Банот може да биде привремен или постојан.\nПокрај ова формално социјално казнување, се користи и техничката мерка- блокот- за да се зајакне банот.\n3 Кога блокот да не се користи\n3.1 Конфликт на интереси\nАдминистраторот не смее да блокира корисник со кого е вмешан во разрешување на пробле, туку треба да го пријават проблемот на друг администратор. Исто така, администраторите треба да се свесни за конфликтот на интереси за одредената тема во која се вмешани.\n3.2 Блокови за смирување\nБлоковите наменести за оладување на страстите или смирување на треба да се користат зошто често го даваат спротивниот ефект. Како и да е, лут корисник кој во меѓу време е и вмешан во нарушувачки уредувања може да биде блокиран за да се спречи понатамошно нарушување.\n4 Одблокирање\nОдблокирање или намалување на блокот е честа појава кога администраторот одлучува дека блокот треба да се разгледа повторно, кога се промениле околностите или кога имало грешка при блокирање.\nКога корисник побарува да биде одблокиран, администратор што не бил вмешан во процесот може да го разгледа барањето, уредувањата и другите релевантни докази за да се одговори соодветно на барањето за блокот.\n5 Поврзано\n*Викиизвор:Банирање", "subject": ["Викиизвор:Принципи и напатствија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 691, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2642", "title": "Закон за претседател на Република Македонија", "text": "1 Правни норми со кои се регулира положбата, изборот и надлежностите на претседателот на Република Македонија\nОдредбите кои се однесуваат на претседателот на Република Македонија се сместени во Уставот на Република Македонија (III дел - глава 2 и во други делови и глави) како и во определени закони како:\n*Закон за одбрана - )30 мај 2001),\n*Закон за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори - (22 јануари 1998),\n*Закон за помилување - (25 март 1993),\n*Законот за одликувања и признанија на Република Македонија - 27 јуни 2002 година\n*Законот за Агенцијата за разузнавање - 29 март 1995 година\n*Законот за Народната банка на Република Македонија - 15 јануари 2002 година\n*Закон за избор на претседател на Република Македонија - 12 април 1994 година\n*Закон за изменување и дополнување на законот за избор на претседател на Република Македонија - 21 јули 1999 година\n*Закон за изменување и дополнување на законот за избор на претседател на Република Македонија - 8 март 2004 година\n*Закон за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата - 2 јули 2004 година\n2 Надлежностите на претседателот според Уставот на Република Македонија\nIII. Организација на државната власт\n2. Претседател на Република Македонија\nПретседателот на Република Македонија ја претставува Републиката. Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македонија. Претседателот на Републиката своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.\nПретседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години.\nКандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници. За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Пред преземањето на должноста претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.\nВо случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност. Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието. Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.\nДолжноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.\nПретседателот на Република Македонија:\n*го определува мандаторот за состав на Владата на Република Македонија;\n*ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство;\n*ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;\n*предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;\n*предлага двајца членови на Републичкиот судски совет;\n*именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;\n*именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;\n*доделува одликувања и признанија во согласност со закон;\n*дава помилувања во согласност со закон и\n*врши други функции утврдени со Уставот.\nПретседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.\nПретседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на Република Македонија. Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат: претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.\n*) Ставот 2 на чл.86 е дополнет со точка 1 на Амандманот XIII\nАМАНДМАН XIII\n1. При именувањето на тројцата членови, претседателот ќе обезбеди составот на Советот, како целина, соодветно да го одразува составот на населението во Република Македонија.\nПретседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.\n*Норми содржани во други глави и делови од Уставот\nЗаконите се прогласуваат со указ.\nУказот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.\nПретседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.\nПретседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nПретседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.\nУставниот суд одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката.\nМеѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија.\nМеѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога е тоа определено со закон.\nПредлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.\nВоена состојба настапува кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или кога Републиката е нападната или и е објавена војна.\nВоена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.\nАко Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.\nВонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.\nПостоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.\nОдлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена.\nАко Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.\nЗа време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.\nМандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба.\nПредлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.\n3 Надлежностите на претседателот според Законот за одбрана - 30 мај 2001 година\nРаководењето со одбраната се остварува во согласност со Уставот на Република Македонија и закон.\nРаководењето со одбраната го остваруваат Собранието на Република Македонија, претседателот на Републиката и министерот кој раководи со Министерството за одбрана.\nВо остварувањето на одбраната, претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата:\n*донесува стратегија за одбрана на Републиката;\n*донесува план за одбрана на Републиката\n*ги пропишува мерките на приправност и наредува нивно спроведување;\n*пропишува организација и формација на Армијата;\n*донесува документи за употреба на Армијата на наредува нејзина употреба;\n*дава согласност на документите за развој на Армијата\n*ги определува мерките за зголемување на борбената готовност на Армијата и наредува нивно спроведување;\n*наредува мобилизација на Армијата;\n*го пропишува командувањето во Армијата;\n*донесува прописи што се однесуваат на борбената готовност, вооружената борба и мобилизацијата на Армијата;\n*поставува старешини на формациски места, генерали и унапредува и разрешува генерали и\n*поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство.\nВо остварувањето на функциите од областа на одбраната, претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата донесува подзаконски акти.\nПретседателот на Републиката е врховен командант на Армијата.\n4 Надлежностите на претседателот според Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори - 22 јануари 1998 година\nМеѓународните договори во име на Република Македонија ги склучува претседателот на Републиката.\nМеѓународните договори во име на Република Македонија може да склучува и Владата на Република Македонија со кои се уредуваат прашања од областа на економијата, финансиите, науката, културата, образованието и спортот, сообраќајот и врските, урбанизмот, градежништвото и заштитата на животната средина, земјоделството, шумарството, водостопанството, здравството, енерегетиката, правдата, трудот и социјалната политика, човековите права, дипломатско-конзуларните односи, како и од областа на одбраната и безбедноста на државата, освен за прашања во врска со границата на Република Македонија, стапување во сојузи или заедници со други држави или за истапување од такви сојузи И заедници И други меѓународни договори кои, според меѓународното право, ги склучуваат шефови на држави.\nЗа водење на преговори и склучување на меѓународни договори одлучува претседателот на Република Македонија.\nЗа водење на преговори и склучување на меѓународни договори за кои, согласно член 3 став 2 на овој закон е надлежна и Владата, одлучува Владата на Република Македонија.\nПретседателот на Република Македонија поведува постапка за водење на преговори за склучување на меѓународни договори по одлука донесена по пат на референдум, по сопствена иницијатива, по акт на Собранието на Република Македонија и по предлог на Владата на Република Македонија.\nВладата поведува постапка за водење на преговори и за склучување на меѓународен договор по сопствена иницијатива, по писмено барање на претседателот на Републиката, по акт на Собранието на Република Македонија и по предлог на органот на државната управа, во чија надлежност се прашањата кои треба да се уредат со меѓународен договор.\nДелегацијата на Република Македонија, по завршените преговори во рок од 30 дена на претседателот на Република Македонија, односно на Владата поднесува писмен извештај за извршените со усогласниот, односно парафираниот текст на меѓународниот договор.\nПретседателот на Републиката може да овласти друго лице кое во негово име ќе потпиеше меѓународен договор.\nПо прифаќањето на извештајот од член 14 на овој закон и на усогласениот, односно парафираниот текст на меѓународниот договор, Владата ќе определи лице кое во нејзино име ќе го потпише меѓународниот договор.\nПолномошно за водење на преговори и за потпишување на меѓународен договор, издава претседателот на Републиката, претседателот на Владата или министерот за надворешни работи.\nПретседателот на Републиката, односно органот на државната управа во чија надлежност се прашањата што се уредуваат со склучениот меѓународен договор, оригиналниот текст на потпишаниот договор со предлог за поведување на постапка за ратификација и обрзложение во врска со тоа го доставуваат до Министерството за надворешни работи, најдоцна во рок од 30 дена од потпиешувањето на договорот.\nЗа извршување на меѓународните договори на Република Македонија се грижи Владата на Република Македонија и претседателот на Републиката.\n5 Надлежностите на претседателот според Законот за помилување - 25 март 1993 година\nПретседателот на Република Македонија дава помилување на поименично определени лица за кривични дела предвидени со закони на Република Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот закон и одредбите на овој закон.\nПретседателот на Републиката по исклучок, може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес на Републиката или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека тоа е оправдано.\n6 Надлежностите на претседателот според Законот за одликувања и признанија на Република Македонија - 27 јуни 2002 година\nОдликувањата и признанијата на Република Македонија ги доделува и врачува лично претседателот на Република Македонија.\nПо исклучок, претседателот на Република Македонија може да определи и друго лице кое ќе го врачи одликувањето или признанието.\nОдликувањата и признанијата на претседателот на Република Македнија му ги доделува Собранието на Република Македонија.\nОдликувањата се доделуваат со указ на претседателот на Република Македонија, а пак признанието се доделува со одлука на претседателот на Република Македонија.\nОдликувањата п признанијата што се доделуваат на претседателот на Република Македонија се доделуваат со одлука на Собранието на Република Македонија\nУказите и одлуките за доделување и за одземање на одликувањата се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија”.\nПретседателот на Република Македонија доделува одликувања и признание по своја сопствена иницијатива или по иницијатива на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, државни органи и организации, здруженија на граѓани, граѓани на Република, правно лице, единица на локалната самоуправа, културно-уметнички и спортски друштва.\nИницијативите се доставуваат до претседателот на Република Македонија.\nИницијативата би требало да ги содржи потребните податоци заради постапување по истата, а особено: име и презиме на кандидатот за одликување, назив на органот, како и образложение за неговите особени заслуги.\n7 Надлежностите на претседателот според Законот за Агенцијата за разузнавање - 29 март 1995 година\nСо агенцијата раководи директор кој го именува и разрешува претседателот на Република Македонија.\nДиректорот се именува за време од четири години.\n8 Надлежностите на претседателот според Законот за Народната банка на Република Македонија - 15 јануари 2002 година\nЧленовите на Советот на Народната банка, освен вицегувернерите, ги именува Собранието на Република Македонија, на предлог на претседателот на Република Македонија, за период од седум години.\nГувернерот на Народната банка го именува и разрешува Собранието на Република Македонија, по предлог на претседателот на Република Македонија, за период од седум години, со право на уште еден последователен избор.\n9 Надлежностите на претседателот\n*Закон за избор на претседател на Република Македонија - 12 април 1994 година\n*Закон за изменување и дополнување на законот за избор на претседател на Република Македонија - 21 јули 1999 година\n*Закон за изменување и дополнување на законот за избор на претседател на Република Македонија - 8 март 2004 година\n*Закон за правата на претседателот на Рsепублика Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата - 2 јули 2004 година", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 2539, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2889", "title": "Викиизвор:Училиште за нови администратори/Блокирање", "text": "Блокирање е метод со кој администраторите можат технички да ги спречат корисниците од уредување на Викиизвор. Блоковите се користени за превенција од штета или нарушување на Викиизвор. Блоковите понекогаш се користени како средства за спречување на нечие однесување кое е штетно.\nСекој корисник може да побара блокирање на огласната табла за администратори. Корисниците кои побарале блокирање мора да поднесат цврсти докази со кои се потврдува блокирањето. Администраторите не се должни да дадат блок веднаш и може да ја истражат ситуацијата. Бидејќи блоковите можат да бидат прегледани и да им се поднесе жалба, често е важно администраторите да ги прегледаат ситуациите подетално пред да преземат соодветни мерки.\nЖалба на блокирање е инструкција за отстранување на блок. Освен во случај на видна грешка, администратприте не смеат да вратат блок од друг администратор без соодветен разговор.\n1 Причина и цел\nСите блокови постојат за да го заштитат проектот од штета и да ги намалат идните проблеми. Кога помалите мерки не се ефективни соодветна употреба на блок се користи за следните четири основни принципи:\n#''Спречување'' штета на Викиизвор.\n#''Спречување'' на лошо однесување со отежнувањето на уредување.\n#''Охрабрување'' на сфаќањето дека сегашното однесување не може да продолжи и нема да се толерира.\n#''Охрабрување'' на попродуктивен стил на уредување со нормите на заедницата.\nБлоковите се наменети да ги намалат идните проблеми, со или отстранување или охрабрување на промени. Тие не се наменети како средства за казна или за нерационална употреба.\n2 Чести причини за блокирање\nСледните се едни од најчестите причини за блокирање.\nКога во случај има двоумење за блокирање, најдобро е да се побара и совет од друг администратор.\nАдминистраторите мора да бидат особено внимателни кога се справуваат со новодојденци, Почетничките корисници се чесно не запознати со правилата на Викиизвор и со нивното почетничко однесување можат да остават впечаток на вандализирано уредување што може да се покаже подоцна спротивното.\n2.1 Заштита\nКорисник може да биде блокиран кога има потреба да се заштитат правата, сопственоста и безбедноста на Викимедија Фондацијата. Блокирањето може да биде како резултат на:\n* постојано создавање на лични напади;\n* создавање лични, професионални или легални закани;\n* изведување на дејства што ги става останатите корисници во опасност;\n* откривање на лични информации (спротивно на волјата на дотичниот корисник);\n* постојано нарушување на правата на сопственост;\n* постојано објавување на материјали спротивни на правилото за објавување на биографиии на живи личности ;\n* сметки за кои се докажало дека се загрозени.\n2.2 Нарушување\nКорисник може да биде блокиран кога неговото уредување го нарушува проектот. Таков блок се доделува ако корисникот:\n* вандализира;\n* не покажува цивилно однесување;\n* малтретира;\n* спамира;\n* создава уредувачко војување или враќање на статии;\n* користи марионети;\n* ако ги пореметува и наручува правилата на Викиизвор.\nПонатак, останати кориснички сметки можат да бидат блокирани во случај на:\n* јавни кориснички сметки (кога лозинката е објавена јавно);\n* кориснички сметки со несоодветни имиња на сметките;\n* Оперирање со бот без соодветна дозвола;\n* Сметки што служат за промовирање на личност, компанија, продукт, услуга или организација.\n2.3 Зајакнување банови\nБановите се формално стопирање на одреден корисник да уредува за одредена тема или статија на Викиизвор. Банот може да биде привремен или постојан.\nПокрај ова формално социјално казнување, се користи и техничката мерка- блокот- за да се зајакне банот.\n3 Кога блокот да не се користи\n3.1 Конфликт на интереси\nАдминистраторот не смее да блокира корисник со кого е вмешан во разрешување на пробле, туку треба да го пријават проблемот на друг администратор. Исто така, администраторите треба да се свесни за конфликтот на интереси за одредената тема во која се вмешани.\n3.2 Блокови за смирување\nБлоковите наменести за оладување на страстите или смирување на треба да се користат зошто често го даваат спротивниот ефект. Како и да е, лут корисник кој во меѓу време е и вмешан во нарушувачки уредувања може да биде блокиран за да се спречи понатамошно нарушување.\n4 Одблокирање\nОдблокирање или намалување на блокот е честа појава кога администраторот одлучува дека блокот треба да се разгледа повторно, кога се промениле околностите или кога имало грешка при блокирање.\nКога корисник побарува да биде одблокиран, администратор што не бил вмешан во процесот може да го разгледа барањето, уредувањата и другите релевантни докази за да се одговори соодветно на барањето за блокот.\n5 Поврзано\n*Викиизвор:Банирање", "subject": ["Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A3%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/%D0%91%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 691, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2875", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Обликување на статиите)", "text": "За уредување на интернет страници обично се потребни предзнаења од HTML, додека на Викиизвор тоа не е потребно.\n0.1 Викиобликување\nПишувањето статии на Викиизвор се разликува од пишувањето во стандардните уредувачи на текст од типот на ''OpenOffice.org Writer'' или ''Microsoft Word'' (каде употребуваме стилови, а на екранот гледаме како ќе изгледа текстот на хартија).\nВикипедија употребува едноставен систем на означување:\n1. Задебелeни букви - задебелениот фонт (болд) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу шест симбола за апостроф (три од едната и три од другата страна на текстот).\n2. ''Закосени букви'' - закосениот фонт (''италик'') се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу четири симбола за апостроф (два од едната и два од другата страна на текстот).\nОвие две обликувања функционираат на ист начин било каде во текстот.\nВнесувате, Добивате\n''закосено'', ''закосено''\n3. Насловите се добиваат со вметнување на ==саканиот наслов== меѓу два симбола за еднаквост (два од едната и два од другата страна), но симболите мора да бидат на почетокот на редот.\n4. Соодветните поднаслови се добиваат со ===три=== или ====четири==== симбола за еднаквост.\nВнесувате, Добивате\n2 Наслов\n|\n2 Наслов\n2.2 Поднаслов\n|\n2.2 Поднаслов\n|}\n2.3 Почеток на статиите\nСтатиите обично почнуваат со името на статијата напишано со задебелени букви, а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за Алберт Ајнштајн започнува вака:\n::Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 – Принстон, 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век...\nДруга Викиизвор конвенција е да се ''закосат'' имињата ако се однесуваат на наслов на книга, филм, албум или компјутерска/видео игра. Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на книга или филм, се користи ''задебелен и закосен текст''. На пример, статијата за 2001: Вселенска Одисеја (филм) започнува вака:\n::''2001: Вселенска Одисеја'' (анг. ''2001: A Space Odyssey'') е научно-фантастичен филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик, кој заедно со Артур Ч. Кларк е и автор на сценариото.\nНајчесто се препорачува имињата на трудови (на пример, научна статија), подглавија (на пр. во книга), песни или телевизиски епизоди да бидат споменати во „наводници“ наместо да видат ''закосени''. Притоа, внимавајте да ги корисите македонските наводници („“), кои се разликуваат од англиските (\"\").Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на едно од горенаведените работи, се користи „задебелен текст во наводници“. На пример:\n::„Кој кого набљудува?“ е името на последната епизода од првата сезона на американската телевизиска серија ''Вовед во анатомија''.\nИспробајте што научивте во песокот\nПродолжете го курсот со викиврски &rarr;", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%9E%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B8%D1%82%D0%B5%29", "word_count": 434, "cyrillic": 0.976}
{"id": "2893", "title": "Викиизвор:Страници за администратори", "text": "Од администраторите се очекува да имаат добро познавање на политиките на Викиизвор. Исто така, се очекува да ги применуваат и да се придржуваат до овие политики. Ова е особено важно бидејќи на администраторите им се доверени можности коишто се недостапни на обичните корисници и уредници на Викиизвор.\nСледниве страници се многу препорачливи за читање од страна на администраторите. Содржат материјал што треба да го познава секој админситратор уште пред да почне да дејствува.\n1 Би требало веќе да се знае\n* m:Foundation issues (Принципи на фондацијата): Основните потреби на секој проект на Викимедија.\n* Пет столба на Викиизвор\n2 Општо\n* Администратори\n* Училиште за нови админи\n* Водич за администратори\n* Билтен за администратори за општи прашања\n** Билтен за администратори каде што се пријавуваат инциденти\n** Билтен за администратори каде што се пријавуваат кршења на П3В\n** Викиизвор:Листа на правила\n3 Сигурност\n* Сигурност\n4 Политики за содржината\n* Биографии на живи луѓе\n* Неутрална гледна точка\n* Без оригинални истражувања\n* Проверливост\n5 Авторски права\n* Авторски права\n6 Блокирање\n* Критериуми за блокирање\n* Критериуми за банирање\n* Банирање и блокирање\n* Блокирање на IP адреси\n* Специјални: Special:BlockIP, Special:Ipblocklist, Special:GlobalBlockWhitelist\n7 Заштита на страници\n* Правила за заштитување\n8 Бришење\n* Напатствија за бришење за администратори\n* Критериуми за бришење\n* Процес на бришење\n* Критериуми за брзо бришење\n* Специјални: Special:Undelete, Special:DeletedContributions\n9 Барања\n* Промени поврзани со ''Викиизвор:Барања до администраторите''* Страници на коишто им е потребно внимание\n* Специјални: Special:Unwatchedpages\n10 Вандализам\n* Справување со вандализам\n*''Vandalbot''\n11 Контроверзии\n* Листа на контроверзни проблеми\n* Несогласување за неутралност\n* Администраторска војна\n12 Разно\n*''MediaWiki Прирачник за администратори''* Уредување на главната страница\n* Правила за користење слики\n* Што не е администраторството\n* Совети за нови администратори''\n* ''How to fix cut-and-paste moves''\n* ''Office actions''\n<noinclude>", "subject": ["Администратори на Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 276, "cyrillic": 0.898}
{"id": "2900", "title": "Викиизвор:Заштита", "text": "Администраторите можат да заштитат страница за го заштитат уредувањето или преместувањето на таа статија и исто така да го отстранат заштитувањето. Тоа заштитување може да биде за секогаш или на одредено време.\n*Целосна заштита оневозможува уредување на сите корисници освен администратори;\n*Делумна заштита оневозможува уредување од страна на кориснички сметки кои не се автопотврдени;\n*Заштита за создавање спречување да се создаде избришана статија;\n*Заштита за преместување спречува преместување или преименување на статии.\n1 Целосна заштита\nЦелосно заштитена страница може да биде уредувана само од администратори. Заштитата може да биде со ограничено времетраење, како на пример 7 или 14 дена, или може да биде бесконечна. Кутијата за уредување за целосно заштитена страница е засенета.\nСекоја модификација на целосно заштитена страница треба да биде дискутирана на нејзината страна за разговор. Кога се постигнува цензус за одредената измена, секој администратор може да ја измени дискутираната содржина.\n1.1 Оспорување на содржина\nСтраните кои подлегнале на уредувачко војување, привремено целосно заштитување може да ги натера корисниците да разговараат за уредувањата на страната за разговор, каде можат да постигнат консензус.\nКога се заштитува статија поради спорови околу содржината, администраторите нормално ја заштитуваат моменталната верзија на статијата, освен ако содржината содржи текст каде се прекршуваат принципите на Викиизвор. Администраторите исто така можат да ја вратат статијата и не смеат да заштитуваат или отстрануваат заштита за да ги подржат своите тези.\n1.2 Вандализам\nПостојано вандализирање вообичаено не се причина за целосно заштитување на статија. За вакви случаеви се користи делумната заштита на статијата која е вандализирана.\n2 Делумна заштита\nДелумна заштита на статија спречува уредување на анонимни корисници и кориснички сметки што не се автопотврдени.\nАдминистраторите можат да искористат делумна заштита на страница која подлегнала на големо вандализирање или кршење на принципите на Викиизвор.\nДодатно на тоа, администраторот може да вметне привремено делумно заштитување на страници кои се:\n* предмет на значаен но привремен вандализам,\n* предмет на уредувачко војување каде сите вклучени страни се анонимни или од нови корисници. Ова не важи за авто-потврдени корисници.\n* страни за разговор кои подлегнале на постојано нарушување.\n* Страници за разговор на блокирани IP адреси кои биле подлегнати на постојано несоодветно уредување, вклучувајќи постојано нецивилно навредување или навредливи забелешки. Заштитата треба да биде лимитирана за да не го надмине времето на блокот.\nДелумната заштита не смее да биде користена како мерка против вандализам кој сè уште не се случил или да се искористи против анонимни или нови корисници.\n2.1 Кориснички страници\nКорисничките страници и потстраниците можат да бидат делумно заштитени, но не целосно заштитена, по барање на корисникот ако има доволно докази за вандализам или нарушување на содржината. Корисничките страници не вообичаено не се заштитени, освен во случај на постојано вандализирање.\n3 Заштита од создавање\nСтраници што не постојат можат да бидат заштитени, за одреден период, ако тие постојано се создавани после бришењето според критериумите за брзо бришење. Администраторите можат да употребат заштита на непостоечка статија со истата постапка како и за другите страници. Таква ситуација е многу чувствителна.\nАдминистраторите не смеат да ја користат оваа заштита за статии што воопшто не биле создадени, туку да биде користена само за вистински случаеви. Корисниците кои сакаат да создадат ваква статија мора да се консултираат со администраторите.\n4 Заштита за преместување\nСтатија заштитена од преместување не може да биде преместена под нов наслов освен од страна на администратор. Оваа заштита се користи во случај:\n* статијата да е под влијание на постојано вандализирано преместување;\n* името на статијата да е оспорено;\n* да станува збор за често видливи страници за кои нема потреба од преместување (на пример: Главна страница, Помош:Содржина и др.).\nЦелосно заштитетните статии се исто така и заштитени од преместување. Ако заштитена страна е преместена од страна на администратор, тогаш статијата со нов наслов ќе биде исто така заштитена од преместување. Во ваков случај, администраторите треба да избегнуваат фаворити за името.", "subject": ["Викиизвор:Принципи и напатствија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%97%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0", "word_count": 629, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2728", "title": "Правото на глас на жените", "text": "Ние се фалиме со времето на напредокот, науката и прогресот. Зарем не е чудно што ние сè уште веруваме во обожување на фетиши? Вистина, нашите фетиши имаат поинаква форма и суштина, но сепак во нивната моќ над човековиот ум тие сè уште се катастрофални како да се од оние од старите. Нашиот модерен фетиш е правото на глас на жените. Оние кои сè уште не ја постигнале таа цел, водат крвави револуции за да ја постигнат и оние кои уживаат во владеењето носат тешки жртви до олтарот на семоќното божество. Уа за еретикот кој се осмелува да се посомнева во таа божественост! Жената, дури повеќе од мажот, е обожавател на фетиши, иако нејзините идоли може да се менуваат, таа повеќе од секогаш е на нејзините колена, држејќи ги рацете, заслепена од фактот дека нејзиниот бог има стопала од глина. Оттаму жената е најголемиот поддржувач на сите божествености уште од древни времиња. Оттаму, таа мора да ја плати цената што само боговите можат да ја одредат – нејзината слобода, крвта од нејзиното срце, нејзиниот живот.\nЗапаметената максима на Ниче, „Кога одиш до жената, понеси го камшикот“, се смета за многу брутална, но сепак Ниче успеа во една реченица да го изрази ставот на жената кон нејзините богови.\nРелигијата, особено христијанската религија, ја осудува жената на живот како потчинета, роб. Таа ја осуетува нејзината природа и ја има оковано нејзината душа, сепак христијанската религија нема поголем поддржувач, нема попосветен, одошто жената. Навистина, безбедно е да се каже дека религијата уште одамна би престанала да биде фактор во животите на луѓето, ако не беше поддршката што ја прима од жената. Најревносните црковни работници, најнеуморните мисионери низ светот, се жени, секогаш жртвувајќи се на олтарот на боговите што ѝ го имаат заробено нејзиниот дух и поробено нејзиното тело.\nНезаситното чудовиште, војната, ја ограбува жената од се што ѝ е драго и скапоцено на неа. Ѝ ги одредува браќата, љубовниците, синовите, а за возврат ѝ дава живот на осаменост и очај. Сепак најголемиот поддржувач и обожавател на војната е жената. Таа е онаа која ја влева љубовта кон освојувањето и кон моќта во нејзините деца; таа е онаа која ги шепоти славите на војните во ушите на нејзините малечки, која го лула нејзиното бебе за да заспие со трубите и буката од оружјето. Жената е исто така таа која го крунисува победникот по неговото враќање од бојното поле. Да, жената е таа која ја плаќа највисоката цена на тоа незаситно чудовиште, војната. Потоа тука е домот. Каков ужасен фетиш е тоа! Како ја исцрпува животната енергија од жената, овој модерен затвор со златни решетки. Неговиот светкав аспект ја заслепува жената до онаа цена каде што таа треба да плати како сопруга, мајка и домаќинка. Сепак жената се прилепува упорно за домот, за моќта што ја држи нејзе во ропство.\nМоже да се каже дека бидејќи жената се препознава во ужасната алатка што е направена за да плати на црквата, државата, домот, таа сака право на глас за да се ослободи. Тоа може да е вистина за неколку; мнозинството на гласачи крајно се спротивставуваат на такво богохулење. Напротив, тие инсистираат секогаш на тоа дека правото на глас жените ќе ја направи неа подобра христијанка и домаќинка, непоколеблив граѓанин на државата. Оттаму, правото на глас е само средство на зајакнување на семоќта на самите богови што жената им служи уште од древните времиња.\nКакво чудо, тогаш, дека таа треба да биде уште толку посветена, уште толку предана, уште толку соборена пред новиот идол, правото на глас на жените. Како и порано таа издржува гонење, затворање, мачење и сите форми на осудување, со насмевка на нејзиното лице. Аналогно, за неа, најпросветленото, дури, надеж за чудо од божеството од дваесеттиот век, е правото на глас. Живот, среќа, радост, слобода, независност, сето тоа и повеќе треба да запролети од правото на глас. Во нејзиното слепо посветување жената не гледа што луѓето со интелект воочија пред педесетина години: дека правото на глас е зло, дека само помогнало да пороби луѓе, дека им ги затворило очите, дека тие не можат да гледаат колку мајсторски се потчинети.\nБарањето на жените за еднакво право на глас се темели главно врз тврдењето дека жената мора да има еднакви права во сите работи во општеството. Никој/а не може тоа да го оспори доколку самото право на глас е право. Конечно, за незнаењето на човековиот ум, кој може да гледа во наметнувањето како право. Или пак зарем не е најголемо наметнување за одредена група на луѓе да прави закони што друга група на луѓе е принудена со сила да се покори? Сепак жената вреска за таа „златна шанса“ што кова толку многу мизерија во светот и го ограби човека од сопствениот интегритет и самодоверба; наметнување кое темелно ги корумпираше луѓето и ги направи апсолутен плен во рацете на бескрупулозните политичари. Сиромашниот, глупав, слободен американски граѓанин!\nСлободен да гладува, слободен да скита по автопатите на оваа голема земја, тој ужива во општото право на глас, а со тоа право си закова синџири на своите нозе и раце. Наградите кои ги добива се строги трудови закони забранувајќи му го правото на бојкот, на протестирање, всушност сè освен правото неговите плодови на трудот да бидат украдени од него. Сепак сиве овие катастрофални резултати на фетишот од дваесеттиот век не ја научија жената на ништо. Но, тогаш, жената ќе ја прочисти политиката, ние сме сигурни.\nБез да речам, јас сум против правото на глас за жените на конвенционална основа дека таа не е достојна за тоа. Јас не гледам ниту физички, ниту психолошки, ниту ментални причини зошто жената не треба да го има еднаквото право да гласа со мажот. Но тоа не може да ме заслепи од апсурдната помисла дека жената ќе успее онаму каде што мажот не успеал. Ако таа не ги направи работите полоши, таа секако не може да ги направи подобри. Да претпоставиме затоа дека таа би успеала во прочистување на нешто што не е восприемливо на прочистување, да ѝ признаеме натприродни моќи. Бидејќи најголемата несреќа на жената е дека таа е гледана како ангел или како ѓавол, нејзиниот вистински спас лежи ако се смести на земјата, имено, да се смета како човек и затоа поданичка на сите човечки нискости и грешки. Зарем ние ќе поверуваме дека две грешки ќе станат право? Зарем ќе претпоставиме дека отровот кој е наследен во политиката ќе се намали, ако жените влезат во политичката арена? Најревностите гласачи тешко би одржале таква неправилност.\nФакт е дека најнапредните проучувачи на општото право на глас заклучиле дека сите постоечки системи на политичка моќ се апсурдни и се комплетно несоодветни за соочување со постоечките прашања од животот. Овој поглед е роден исто така од изјава на една личност која е ревносен верник на правото на глас на жените, д-р Хелен Л. Самнер. Во нејзиното способно дело „Еднакво право на глас“, таа вели: „Во Колорадо, ние сметаме дека еднаквото право на глас постои за да се покаже на најзачудувачки начин суштинската расипаност и деградирачки карактер на постоечкиот систем.“ Се разбира, д-р Самнер има на ум одреден систем на гласање, но истото се однесува со еднаква сила за целосната машинерија на претставничкиот систем. Со таква основа, тешко е да се разбере како жената, како политички фактор, ќе бенефицира или пак целото човештво.\nНо, велат нашите посветенички за гласањето, да ги видиме земјите и државите каде правото на глас на жените постои. Да видиме што постигнала жената во Австралија, Нов Зеланд, Финска, скандинавските земји, а и во нашите четири држави Ајдахо, Колорадо, Вајоминг и Јута. Растојанието позајмува зачареност, или да цитирам една полска формула: „добро е каде што ние не сме.“ Оттаму човек би претпоставил дека оние земји и држави не се како останатите земји и држави, дека тие имаат поголема слобода, поголема социјална и економска еднаквост, повеќе се цени човечкиот живот, подлабоко разбирање на големата општествена борба, со сите витални прашања што го засега човечкиот род.\nЖените во Австралија и Нов Зеланд можат да гласаат и да помогнат да прават закони. Дали условите за работа се подобри од оние во Англија, каде што гласачките водат херојски борби? Дали таму постои поголемо мајчинство, посреќни и послободни деца од оние во Англија? Зарем жената таму не е повеќе сметана како секс комодитет? Дали таа се еманципирала себеси од пуританските двојни стандарди на моралност на мажите и жените? Се разбира никој освен обичната женa политичарка на говорница ќе се осмели да одговори на овие три прашања потврдно. Ако е тоа така, тогаш изгледа смешно да се посочува на Австралија и на Нов Зеланд како Мека на постигнувањата за еднакви права на глас.\nОд друга страна пак, факт е за оние кои ги познаваат вистинските политички услови во Австралија, дека политиката го заќути трудот со спроведување на најстрогите трудови закони, правејќи ги штрајковите кои не се одобрени од арбитражен комитет криминал еднаков на предавство.\nНиту за момент немам намера да имплицирам дека вината за оваа состојба на работите му припаѓа на правото на глас на жените. Но, сепак сметам дека не постои причина да се посочува Австралија како креатор на чуда за женските постигнувања, бидејќи нејзиното влијание не е во можност да го ослободи трудот од ропството на политичкото шефување.\nФинска ѝ даде на жената еднакво право на глас; не, дури и правото да седи во парламентот. Дали тоа помогна да се развие во поголем хероизам, во поинтензивен жар од оној на жената во Русија? Финска, како и Русија, страда под ужасниот камшик на крвавиот цар. Каде се финските Провискијаски, Спиридоновки, Фингерки, Брешковискиаски? Каде се безбројните фински млади девојки кои радосно одат во Сибир за нивната кауза? Финска очајно има потреба од херојски ослободители. Зошто гласачката кутија не ги создаде? Единствениот фински одмазник на сопствениот народ беше маж, не жена, а тој користеше поефикасно оружје од гласачката кутија.\nШто се однесува до нашите држави каде жената гласа и каде константно се посочуваат како примери од чуда, што се постигна таму преку гласачката кутија што не може да уживаат во неа сите жени од другите држави; или што тие не можеа да постигнат преку енергични напори без гласачката кутија? Вистина, во земјите каде што има гласање на жените им се гарантираат еднакви права на сопственост; но од каква корист е тоа право за женските маси кои се без сопственост, илјадниците наемни работнички, кои живеат од рака до уста? Тоа еднакво право не ги засега, а и не може, нивните услови признаени дури од д-р Самнер, која секако е во позиција да знае. Како ревносен гласач е пратена во Колорадо од Лигата на колегијатот за еднакво право на глас од државата Њујорк за да собере материјал во полза на гласањето, таа би била последна да каже нешто навредливо; сепак ние сме информирани дека „еднаквото право на глас има само мал ефект врз економските услови на жената. Таа жена не прима еднаква плата за еднаква работа, и тоа што, иако жената во Колорадо уживала во училишно гласање уште од 1876, жените учителки се платени помалку отколку во Калифорнија“. Од друга страна госпоѓицата Самнер не го зема предвид фактот дека и покрај тоа што жените имале училишно гласање околу 34 години и еднакво право на глас од 1894 година, цензусот во Денвер само пред неколку месеци го обелоденува фактот од 15.000 дефектни деца во училиштата. И тоа, исто така, со најмногу жени во образовниот оддел, како и незамерувајќи го тоа дека жените во Колорадо „ги донесоа најстрогите закони за заштита на децата и животните“. Жените од Колорадо „покажале голем интерес во државните институции за грижата на зависните, дефектните и деликвентските деца“. Какво ужасно обвинение против интересот и грижата на жената ако еден град има 15.000 дефектни деца. Што е со славата на правото на глас на жените, откако не успеа целосно во најважното општествено прашање, детето? И каде е супериорното чувство на правда што жената требаше да го донесе во политичката сцена? Каде беше тоа во 1903, кога сопствениците на рудниците започнаа герилска војна против Синдикатот на западните рудари; кога генералот Бел воспостави владеење на терор, вадејќи мажи од кревет навечер, киднапирајќи ги преку граничната линија, фрлајќи ги во штали, декларирајќи „по ѓаволите со уставот, палката е устав“? Каде беа жените политичарки тогаш и зошто не ја практицираа моќта на нивните гласови? Но, тие го направија тоа. Тие помогнаа да се порази човекот кој е најфер и либерален, гувернерот Вејт. Тој требаше да се тргне од патот за алатката на рударските кралеви, гувернерот Пибади, непријателот на трудот, царот на Колорадо. „Се разбира, правото на глас на мажите не можеше да стори ништо полошо.“ Потврдено. Каде се тогаш предностите на жената во општеството од правото на глас? Често повторуваните тврдења дека жената ќе ја прочисти политиката се исто така мит. Тоа не се раѓа од луѓето кои се разбираат од политичките услови во Ајдахо, Колорадо, Вајоминг и Јута.\nЖената, во суштина пуританец, е природно нестрплива и незапирлива во нејзините напори да ги направи другите добри како што таа си замислува. Оттаму, во Ајдахо, таа ѝ го одзеде правото на глас на нејзината сестра на улицата и декларира дека сите жени од „блуден карактер“ се неспособни да гласаат. „Блудот“ да не се интерпретира како проституција во бракот. Не треба ниту да се нагласува дека нелегалната проституција и коцкањето се забранети. Во овој поглед законот секогаш има потреба од женскиот пол: секогаш забранува. Оттаму сите закони се прекрасни. Тие не одат понатаму, но нивните тенденции ги отвораат сите порти од пеколот. Проституцијата и коцкањето никогаш немале толку расцветан бизнис откога беше донесен закон против нив.\nВо Колорадо, пуританизмот на жената беше изразен во подрастична форма. „Мажите со озлогласени нечисти животи и мажите поврзани со салоните, беа оттргнати од политиката откако жената има право на глас.“[1] Може ли Братот Комсток да направи нешто повеќе? Можеле ли сите пуританци татковци да направат повеќе? Се прашувам колку ли жени ја разбираат гравитацијата на ова да се биде способен. Се прашувам дали разбираат дека самото тоа наместо да ја подигне жената, неа ја направи политички шпион, презирливо душкало во приватните работи на луѓето, не толку колку за доброто на каузата, туку, како што кажа една жена од Колорадо, „тие сакаат да влезат во куќи каде што никогаш не биле и да откријат сè што можат, политички и поинаку.“[2] Да, и во човековата душа и во нејзините најситни детали и агли. Бидејќи ништо не ги задоволува копнеењата на жената повеќе од скандал. И кога таа ги уживала тие можности како овие политичките? „Озлогласени нечисти животи и мажи поврзани со јавни куќи.“ Секако, жените собирачи на гласови не можат да бидат обвинети за добар осет при мерење. Дури и да се одобри на овие зафатени жени дека може да одлучат чии животи се доволно чисти за таа еминентно чиста атмосфера, политиката, мора ли да следи дека одржувачките на јавните куќи припаѓаат во истата категорија? Освен ако не е тоа американско лицемерие и нетолерантност, како што се манифестира во принципот на Прохибицијата, кое го санкционира ширењето на пијанството помеѓу мажите и жените од богатата класа, а сепак држи будна стража на единственото место што му преостанува на сиромавиот човек. Без друга причина, тесниот и чист став на жената кон животот ја прави поопасна за слободата каде и да има таа политичка моќ. Мажот уште одамна ги надминал суеверијата што сè уште ја опкружуваат жената. Во економското натпреварувачко поле, мажот е предизвикан да практицира ефикасност, одлучност, способност, компетентност. Тој затоа нема ниту време, ниту инклинација за мерење на сечија моралност со пуританско метро. Во неговите политички активности, исто така, тој не станал заслепен. Тој знае дека квантитетот, а не квалитетот е материјалот за политичката мелница и освен ако не е сентиментален реформатор или стар фосил, тој знае дека политиката не може да биде ништо друго освен мочуриште.\nЖените кои се барем малку упатени во процесот на политиката, ја знаат природата на ѕверот, но во нивната самодоволност и вообразеност тие веруваат дека треба да го галат ѕверот и тој ќе стане нежен како јагне, сладок и чист. Како да не може жените да си ги продадат своите гласови, како да не може жените политичарки да бидат поткупени! Ако нејзиното тело може да биде купено за сметка на нешто материјално, зошто да не и нејзиниот глас? Тоа се прави во Колорадо и во другите држави, и не се одрекува дури и од страна на оние кои се за правото на глас на жените.\nКако што реков и претходно, тесниот поглед на жената кон човечките работи не е само единствен аргумент против неа како политички супериорна над мажот. Постојат и други. Нејзиниот животен економски паразитизам целосно ја заматила нејзината концепција за значењето на еднаквоста. Таа вреви за еднакви права со мажот, сепак ние учиме дека „малку жени се грижат за собирање гласови во непожелни области.“[3] Колку малку еднаквоста им значи на нив во споредба со руските жени, кои се соочуваат со самиот пекол за нивниот идеал!\nЖената ги бара истите права како и мажот, но сепак таа е разлутена дека нејзиното присуство не го убива: тој пуши, си ја има шапката на глава и не скока од неговото столче како подлизурко. Тоа може се тривијални работи, но тоа е, ни помалку ни повеќе, клучот на природата на американските гласачи. За сигурно, нивните англиски сестри ги надминаа овие смешни сфаќања. Тие се покажаа себеси како еднакви во најголемите барања на нивниот карактер и моќ на издржливост. Благодарение на нивните енергични, агресивни методи, тие се покажаа како инспирација за некои од нашите безживотни и безрбетни дами. Но и покрај сè, на гласачките, исто така им недостига ценење во реалната еднаквост. Инаку како треба да се соочи една со огромните, навистина гигантски напори ставени во движење од оние храбри борци за мизерен малечок закон кој ќе биде од корист на шака дами сопственички, со апсолутно без провизија за широките маси на жени работнички? Навистина, како и политичарите тие мора да бидат опортунисти, мора да преземаат полу-мерки ако не можат целосни. Но, како интелигентни и либерални жени тие ќе разберат дека ако гласачката кутија е оружје, таа им треба повеќе на угнетените одошто на економската супериорна класа, и дека оние вторите уживаат премногу во моќта со доблест од нивната економска супериорност.\nБрилијантниот лидер на англиските гласачи, г-ца Емелин Пенкхрст, самата призна, за време на нејзината турнеја на предавања низ Америка, дека не може да има еднаквост помеѓу политички супериорните и инфериорните. Ако е така, тогаш како жените работнички од Англија, кои се веќе економски инфериорни на жените кои бенефицираа од Шеклтоновиот закон,[4] би биле во можност да работат со нивните политички претпоставени, ако помине законот? Зарем не е веројатно дека класата на Ени Кини, толку полна со жар, посветеност и мачеништво, ќе биде предизвикана да ги носи на грб нивните женски политички шефици, дури и ако тие ги носат своите економски господари. Тие сè уште би го правеле, ако е воспоставено општото право на глас за жените и мажите во Англија. Без разлика на тоа што прават работниците, тие се принудени да платат, секогаш. Сепак, оние кои веруваат во моќта на гласот покажуваат мало чувство на правда кога тие се загрижуваат најмалку за оние кои, како што тие тврдат, им служи најмногу.\nАмериканското гласачко движење беше, сè до пред некое време, деташирана работа, апсолутно одвоена од економските потреби на луѓето. Оттаму Сузан Б. Ентони, без сомнение исклучителен тип на жена, не само што беше индиферентна туку антагонистична кон трудот; ниту таа се двоумеше да го манифестира својот антагонизам кога, во 1869, таа ги советуваше жените да преземат позициите на работниците што работеа во печатниците кога тие штрајкуваа во Њујорк.[5] Не знам дали нејзиниот став се променил пред нејзината смрт.\nПостојат, се разбира, некои суфражетки кои се поврзани со жените работнички – Женскиот синдикален сојуз, на пример; но тие се скромно малцинство, а нивните активности се во суштина економски. Останатите гледаат на трудот само како на одредба од Провидението. Што ќе стане од богатите ако не се сиромашните? Што ќе стане од овие неактивни, паразитски дами, кои трошат повеќе во една недела отколку што нивните жртви заработуваат во една година, ако не се осумдесетте милиони наемни работници и работнички? Еднаквост, кој ли слушнал за такво нешто?\nМалку земји произвеле таква арогантност и снобовство како Америка. Особено ова е точно за американската жена од средната класа. Таа не само што се смета себеси за еднаква со мажот, туку и негова претпоставена, особено во нејзината чистота, добрина и моралност. Мало чудо е што американските гласачи го сметаат нејзиниот глас како волшебна моќ. Во нејзината издигната суета, таа не гледа колку навистина е поробена, не толку од страна на мажот колку од своите сопствени поимања и традиции. Правото на глас не може да го подобри овој тажен факт; може само да го нагласи, како што и го прави тоа.\nЕдна од големите американски жени лидери тврдат дека не само што жената има право на еднакви плати, туку таа треба да има легално право на платата на својот сопруг. Доколку тој не успее да ја издржува, тој треба да носи затворенички риги, а заработката во затворот треба да ја собира неговата еднаква жена. Зарем уште еден брилијантен експонент за каузата тврди дека нејзиниот глас ќе го напушти општественото зло, против кое се бореле залудно најпрочуените умови од целиот свет со нивните колективни напори? Навистина е за жалење дека наводниот креатор на универзумот веќе нè претставил нас со неговата прекрасна шема на нештата, инаку правото на глас на жените сигурно би ѝ овозможило на жената да го надмине него комплетно.\nНишто не е толку опасно како анализирањето на фетиш. Ако сме го надживеале времето кога таков ерес беше казнив со колец, ние не го надживеавме тесниот дух на осудувањето на оние кои се осмелуваат да се разликуваат од прифатените поимања. Затоа јас најверојатно ќе бидам претставена како противник на жената. Но тоа не ме заплашува од гледање на прашањето право во лице. Го повторувам тоа што го кажав на почетокот: јас не верувам дека жената ќе ја направи политиката полоша; ниту пак можам да поверувам дека таа може да ја подобри. Ако тогаш таа не може да ги подобри грешките на мажот, зошто го извршува последното?\nИсторијата може да биде компилација од лаги; сепак, содржи во себе неколку вистини, а тие се единствениот водич кој го имаме за иднината. Историјата на политичките активности на мажите покажа дека тие не му дадоа апсолутно ништо што тој не можеше да го постигне на подиректен, поевтин и потраен начин. Всушност, секој инч од земјата што тој ја добил било со постојана борба, непрекината борба за самопотврдување, а не преку гласање. Не постои причина да претпоставиме дека жената, во нејзиното искачување за еманципација, била, или ќе биде, помогната од гласачката кутија.\nВо најмрачните од сите земји, Русија, со нејзиниот апсолутен деспотизам, жената станала еднаква со мажот, не преку гласачка кутија, туку со нејзината волја да биде и да прави. Не само што таа ги освои за себе секоја авенија на учење и вокација, туку таа го освои и почитувањето од мажот, и во тој однос, неговото другарство; Еј, дури повеќе од тоа: таа доби восхит и почит од целиот свет. Тоа, исто така, не преку гласање, туку со нејзиниот прекрасен хероизам, со нејзината духовна моќ, нејзината способност, волја и нејзината издржливост во борбата за слобода. Каде се жените од која било земја или држава што може да тврдат ваква победа? Кога ги сметаме постигнувањата на жената во Америка, наоѓаме исто така нешто подлабоко и помоќно од тоа што ѝ помогнало правото на глас во нејзиниот марш за еманципација.\nПред само шеесет и две години една шака жени на Конвенцијата на водопадите Сенека, поставија неколку барања за нивните права за еднаква едукација со мажите, пристап до различни професии, трговија, итн. Колку прекрасни постигнувања, колку прекрасни триумфи! Кој освен најнеписмениот се осмелува да каже дека жената е само личност која ги врши домашните досадни работи? Кој се осмелува да предложи дека оваа или онаа професија не треба да биде отворена за неа? Преку шеесет години таа создаваше нова атмосфера и нов живот за самата себе. Таа стана светска сила во секој домен на човековата мисла и активност. И сето тоа без гласање, без правото да прави закони, без „привилегијата“ да стане судија, затворски чувар или егзекутор. Да, може да бидам сметана како непријател на жената; но ако можам да помогнам таа да ја види светлината, јас нема да се жалам.\nНесреќата на жената не е дека таа не е способна да ја работи работата на мажот, туку дека таа ја троши нејзината животна сила да го надмине, со традиција долга векови која ја направи неа физички неспособна за држење чекор со него. Ох, јас знам дека некои успеаја, но по која цена, по која ужасна цена! Набавката не е таква работа каква што жената работи, туку квалитетот на работата што таа го набавува. Таа не може да даде на правото на глас или на гласачката кутија нов квалитет, ниту пак може да добие нешто од тоа што би ѝ го подобрил нејзиниот сопствен квалитет. Нејзиниот развој, нејзината слобода, нејзината независност, мора да дојдат од и преку неа самата. Прво со потврдување на себеси како личност, а не како секс комодитет. Второ, со одбивање на правото на секој над нејзиното тело; со одбивање да има деца, освен ако таа сака; со одбивање да биде слуга на господ, државата, општеството, сопругот, фамилијата, итн., со правење на нејзиниот живот поедноставен, но подлабок и побогат. Тоа е, со обидување да го научи значењето и суштината на животот и сите негови сложености, со ослободување на самата себе од стравот на јавното мислење и јавното осудување. Само тоа, а не гласачката кутија, ќе ја ослободи жената, ќе ја направи нејзината сила досега непозната за светот, сила за вистинска љубов, за мир, за хармонија; сила за божествен оган, за давање живот; креаторка на слободните мажи и жени.\nРеференци:\n[1] Еднакво право на глас, д-р Хелен Самнер.\n[2] Еднакво право на глас, д-р Хелен Самнер.\n[3] Д-р Хелен Самнер.\n[4] Господин Шеклтон беше водач на трудовото движење. Затоа е очигледно дека би поднел закон за исклучување на неговите избирачи. Англискиот парламент е полн со такви Јуди (предавници).\n[5] Еднакво право на глас, д-р Хелен Самнер.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81_%D0%BD%D0%B0_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 4306, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2924", "title": "Млада нивеста из двор си шета", "text": ":Млада нивеста из двор си шета\n:из двор си шета, прсти си карша,\n:прсти си карша, на Бога си молја,\n:Де гиди Боже, ти милни Боже,\n:ка ке ми дојда луда гидија,\n:ка ке му фатам барзуту конче,\n:ка ки му сфаљам пушка ут рамо,\n:пушка ут рамо, сабја ут калкут.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n*Оваа песна е од Воденско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%B8%D0%B7_%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D1%81%D0%B8_%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2922", "title": "Ајде Марике, Лазар да пејме", "text": ":Ајде Марике, Лазар да пејме, Лазар да пејме!\n:Чикајте ма пучикајте мои другарки,\n:дур да си дојде мајка ут пазар,\n:мајка ут пазар, татко ут Солун.\n:Они ќе донцат ново фустанче,\n:лустрени папучки, бели чирепки,\n:шантар шамија, шантар шамија,\n:Тога ќе дојдам Лазар да пејам,\n:Лазар да пејам, Лазар да пејам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n*Оваа песна е од Воденско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B5%2C_%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80_%D0%B4%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%98%D0%BC%D0%B5", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2841", "title": "Закон за агенцијата за разузнавање", "text": "1 I. ОПШТИ ОДРЕДБИ\n1.1 Член 1\nСо овој закон се основа Агенција за разузнавање ( во натамошниот текст:\nАгенцијата ), како посебен орган на државната управа.\n1.2 Член 2\nАгенцијата е надлежна да собира податоци и информации од значење за\nбезбедноста и одбраната на Република Македонија и стопанските,\nполитичките и другите интереси на државата.\nАгенцијата врши анализи и истражувања на податоците и информациите\nод став 1 на овој член и задолжително ги известува претседателот на\nРепублика Македонија, Владата на Република Македонија и други државни\nоргани за прашања од значење на нивниот делокруг.\nАкт за начинот на информирањето од став 2 на овој член донесува Владата\nна Република Македонија, со претходна согласност на претседателот на\nРепублика Македонија.\n1.3 Член 3\nСо Агенцијата раководи директор кој го именува и разрешува\nпретседателот на Република Македонија.\nДиректорот се именува за време од четири години.\n1.4 Член 4\nЗа својата работа и работата на Агенцијата директорот му одговара на\nпретседателот на Република Македонија.\nВладата на Република Македонија може да побара одговорност на\nдиректорот за работата на Агенцијата.\n1.5 Член 5\nЗа извршување на работите на Агенцијата, можат да се образуваат\nорганизациони единици.\nДиректорот на Агенцијата донесува акт за организација и работа и за\nсистематизација на работните места на Агенцијата по претходно прибавена\nсогласност на Владата на Република Македонија.\n1.6 Член 6\nАгенцијата соработува со државните органи за прашања од заеднички\nинтерес.Во остварувањето на меѓусебната соработка, Агенцијата и државните\nоргани се должни заемно да си доставуваат податоци, известувања и\nинформации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.\n1.7 Член 7\nРаботниците на Агенцијата своите права, должности и одговорности ги\nостваруваат во согласност со прописи за работниците во органите на\nдржавната управа, доколку со овој закон не е определено поинаку.\n1.8 Член 8\nВо вршењето на работите и користење на податоците и информациите,\nработниците на Агенцијата се должни да ги почитуваат правата и\nслободите на граѓаните загарантирани со Уставот и да обезбедат заштита\nна тајноста на податоците и информациите со кои располагаат.\n2 II. НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА АГЕНЦИЈАТА\n2.1 Член 9\nСобранието на Република Македонија врши надзор над работата на\nАгенцијата преку соодветна Комисија ( во натамошниот текст: Комисија )\n2.2 Член 10\nКомисијата доставува до Собранието на Република Македонија извештај за\nизвршената работа најмногу еднаш годишно.\nПред доставувањето на извештајот од став 1 на овој член, Комисијата е\nдолжна да го достави извештајот до директорот на Агенцијата заради\nприбавување на негово мислење, а особено од аспект на заштитата на\nтајноста на одделни негови делови.\n2.3 Член 11\nДиректорот е должен да овозможи увид и да ги дава сите известувања и\nподатоци од делокруг на работата на Комисијата.\nИзвестувањата и податоците изнесени на седница на Комисијата се\nсметаат за државна тајна.\n2.4 Член 12\nЗаклучоците во врска со извештајот на работата на Комисијата,\nСобранието на Република Македонија ги доставува до претседателот на\nРепублика Македонија и Владата на Република Македонија.\n==III. ПОСЕБНИ ОВЛАСТУВАЊА И ДОЛЖНОСТИ НА АГЕНЦИЈАТА И\nПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ==\n2.5 Член 13\nВо вршењето на работите од својот делокруг Агенцијата применува\nсредства и методи што ги пропишува Владата на Република Македонија.\nДиректорот на Агенцијата, односно работникот кој тој ќе го овласти,\nсамостојно одлучува за преземање на средства и методи во извршување на\nработите на Агенцијата и се одговорни за законита примена на истите.\n2.6 Член 14\nСо актот за систематизација на работните места на Агенцијата се\nопределени работните места со посебни должности и овластувања (во\nнатамошниот текст: посебни работни места).\n2.7 Член 15\nВработените на посебни места во Агенцијата имаат легитимација која ја\nиздава директорот.\nВработените од став 1 на овој член во согласност со прописите за вршење\nна службените задачи поседуваат и носат службено оружје, муниција и\nдруги пропишани средства и опрема.\n2.8 Член 16\nВо вршењето на посебните должности и овластувања вработените имаат\nправо да собираат податоци, известувања и информации од делокругот на\nработата на Агенцијата.\nГраѓаните, органите, претпријатијата и други правни лица овозможуваат\nуредно вршење на работите од делокругот на Агенцијата.\n2.9 Член 17\nАко против вработен во Агенцијата се покрене или води кривична или\nдруга постапка заради употреба на огнено оружје, или друго средство на\nприсилба во вршењето на работата, како и учество во сообраќајна незгода\nсо службено моторно возило при вршењето на работата, Агенцијата ќе му\nобезбеди бесплатна правна помош во врска со водењето на постапката.\n3 IV. РАБОТНИ ОДНОСИ\n1. Засновање на работен однос и распоредување на вработените\n3.1 Член 18\nРаботен однос во Агенцијата може да заснова лице кое, покрај општите\nуслови, ги исполнува и следниве посебни услови:\n:1) да не е осудувано за кривично дело против уставното уредување и\nбезбедноста на Република Македонија, против слободите и правата на\nчовекот и граѓанинот, стопанството, вооружените сили на Република\nМакедонија, службената должност, тешки дела против животот и телото,\nимотот или кривично дело извршено од користољубие и нечесни побуди;\n:2) против него да не се води кривична постапка за кривичните дела од\nстав 1 точка 1 на овој член;\n:3) со правосилна пресуда да не му е изречена мерка за безбедност,\nзабрана за вршење на професија, дејност или должност додека трае таква\nмерка\n:4) да е здравствено и психо- физички способно.\nНа вработен кој е осуден за кривично дело од став 1 точка 1 на овој член\nкое се гони по службена должност или на кого му е изречна мерка на\nбезбедност забрана на вршење на професија, дејност или должност, му\nпрестанува работниот однос во Агенцијата со денот на врачувањето на\nправосилна пресуда.\n3.2 Член 19\nПостапката по јавен оглас за прием на лица во Агенцијата може да трае и\nподолго од времето утврдено со закон, но не подолго од три месеци.\nРаботен однос во Агенцијата без јавен оглас се заснова на посебни\nработни места со завршени ученици од средно образование и студенти во\nсите степени и стипендисти на Агенцијата.\n3.3 Член 20\nЛице кое заснова работен однос или се распоредува на определено\nпосебно работно место за кое е потребно остручување на работата се\nупатува на стручно оспособување и усовршување во соодветни\nорганизации од областа на образованието, односно други форми на\nстручно оспособување.\nВремето поминато на стручно оспособување на приправник во смисла на\nстав 1 од овој член се засметува во приправнички стаж.\n3.4 Член 21\nНа вработен кој е упатен на стручно оспособување и усовршување му се\nобезбедува бесплатно сместување и храна, односно му се надоместуваат\nтрошоците за превоз, сместување и исхрана.\n3.5 Член 22\nСо решение на директорот, вработен во Агенцијата може да биде\nраспореден во секоја организациона единица на работно место кое\nодговара на неговата стручна подготовка.\nЖалбата против решението од став 1 на овој член го одлага извршувањето\nна решението.\nНа вработениот од став 1 на овој член кој од неоправдани причини во рок\nод седум дена од денот на врачувањето на решението не стапи на работа,\nму престанува работниот однос.\nРешението за распоредување во организациона единица надвор од\nседиштето на Агенцијата задолжително се преиспитува по секоја помината\nгодина на распоредување.\n3.6 Член 23\nВо случајот од член 22 став 4 на овој закон вработениот има право на\nплата во висина на платата остварена во последниот месец пред\nраспоредувањето ако тоа за него е поповолно, надоместок за патни и\nселидбени трошоци, надоместок за одвоен живот ако не му е обезбедено\nсместување или стан, на секој трет месец седум дена платено отсуство и\nнадоместок на трошоци за превоз заради потесното семејство од кое\nвработениот живее одвоено.\nКога распоредувањето трае подолго од шест месеци на вработениот му се\nобезбедува сместување или стан.\n3.7 Член 24\nВработен на посебно работно место за кој со одлука на здравствената\nкомисија ќе се утврди дека е неспособен за вршење на работи и задачи со\nпосебни должности и овластувања заради нарушена психофизичка или\nопшта здравствена способност која настапила како последица од повреда\nпри работа или професионална болест, се распоредува на работно место\nкое одговара на степенот на неговата стручна подготовка и здравствена\nсостојба.\nВработениот од став 1 на овој член ги задржува сите права од работен\nоднос кои ги имаат вработените на работното место на кое дотогаш\nработел и должен е да ги исполнува обврските на новото работно место.\nПсихофизичката и општата здравствена способност на лицата, односно\nвработените од член 18 став 1 точка 4 и став 1 на овој член ја утврдува\nпосебна здравствена комисија.\n2. Работно време, одмор и други права и обврски на вработените\n3.8 Член 25\nРаботното време на вработените во Агенцијата може да трае и подолго, од\nсо закон пропишаниот максимум во работната недела, во услови кога се\nизвршуваат неодложни работи и задачи од делокругот на Агенцијата.\n4 Член 26=\nКога неодложни потреби на Агенцијата тоа го бараат, директорот или од\nнего овластен работник може на работникот да му одложи, односно\nпрекине користењето на годишниот одмор.\nВо случаите од став 1 на овој член работникот има право на надоместок на\nстварните трошоци настанати со одложувањето, односно прекинувањето\nна годишниот одмор.\n4.1 Член 27\nВработените во Агенцијата се должни да ја чуваат државната, службената,\nвоената или деловната тајна за која дознале во вршењето или по повод\nвршењето на работите во Агенцијата.\nЗа службена тајна, во смисла на овој закон, се сметаат:\n:1) извештаи, документи, податоци и извори на податоци од делокруг на\nАгенцијата што се означени како службена тајна и се со соодветен степен\nна доверливост;\n:2) извештаи, документи, податоци и извори на податоци што се однесуваат\nна лица кои согласно со закон или друг пропис се означени како службена\nтајна и\n:3) податоци за внатрешната организација и работа и систематизација на\nработните места на Агенцијата.\n4.2 Член 28\nОбврската за чување на тајните од член 27 на овој закон трае и по\nпрестанокот на работниот однос. Согласност за ослободување од обврската\nза чување на тајна дава директорот на Агенцијата.\nДиректорот ќе донесе пропис за начинот на чување на документите,\nизвештаите, податоците и други акти што со закон, друг пропис или со\nодлука на надлежен орган се означени како државна, воена или службена\nтајна.\n4.3 Член 29\nПодатоците во документациите и евиденциите на Агенцијата се\nзаштитуваат и чуваат на начин пропишан со закон.\n4.4 Член 30\nКако кршење на работната дисциплина се смета и:\n:1) постапување спротивно правилата и прописите на Агенцијата;\n:2) недавање на податоци и информации или давање на неточни податоци\nи информации на овластени органи;\n:3) одбегнување на лекарски преглед заради утврдување на работната\nспособност;\n:4) избегнување на задолжително стручно оспособување и усовршување;\n:5) противправно прибавување на лична корист во врска со вршењето на\nработите и задачите;\n:6) послуга или овозможување на послуга на друго лице со пари или други\nработи од вредност кое на вработениот му се доверени во вршењето на\nработите и задачите;\n:7) вршење на работи, професии или функции кои се неспоиви со\nдолжностите на вработените;\n:8) раководење, изразување и застапување на партиски ставови и\nубедувања во вршењето на работите и задачите и\n:9) извршување на дејствие кое претставува кривично дело и кое согласно\nсо овој закон е пречка за засновање на работен однос, односно\nизвршување на дејствие кое претставува потежок прекршок против\nјавниот ред и мир.\nРаботникот може да биде привремено оддалечен од работа од Агенцијата\nкога ќе стори потешко кршење на работната дисциплина.\nВо случаите на престанок на работниот однос со отказ, отказниот рок може\nда биде пократок од рокот утврден со закон.\nПравото на отказен рок не се остварува доколку отказот се дава поради\nпотешко кршење на работната дисциплина.\nПотешките случаи на кршење на работната дисциплина заради кои\nработникот се оддалечува од работа, должината на отказниот рок, како и\nслучаите кога тоа право не се остварува, се пропишува со акт на\nдиректорот.\n4.5 Член 31\nВработените во Агенцијата не можат да вршат работи, професии или\nфункции кои се неспоиви со нивните должности.\n4.6 Член 32\nВработен на посебно работно место може да патува во странство со\nсогласност на непосредниот раководител.\nДиректорот може да забрани патување во странство на работници во\nАгенцијата во случаите кога е потребно заради заштита на безбедноста и\nодбраната на Република Македонија.\n4.7 Член 33\nВработените во Агенцијата правото на штрајк можат да го остваруваат под\nуслови битно да не се нарушува редовното извршување на работите и\nзадачите на Агенцијата.\nЗаради спречување на евентуални штетни последици од неизвршување на\nработите и задачите за време на штрајкот, директорот или од него\nовластен работник е должен да обезбеди потребно функционирање на\nорганизационите единици во процесот на работата.\nВрз основа на преземените мерки од став 2 на овој член, вработените се\nдолжни да постапуваат по соодветните наредби.\nДоколку вработените не постапат согласно со став 3 на овој член\nдиректорот, односно овластениот работник е должен да го обезбеди\nостварувањето на работниот процес со заменување на соодветни\nработници.\n4.8 Член 34\nПоради видот, природата и сложеноста на работите и задачите што се\nизвршуваат од вработените на посебни работни места, како и поради\nтежината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат,\nизносот на средствата наменети за плата за извршување на тие работи и\nзадачи и се зголемува до 30%.\n4.9 Член 35\nНа вработен на посебно работно место во случај на привремена\nнеспособност за работа настаната во вршење или по повод вршење на\nработите и задачите му припаѓа надоместок во висина на тековната плата\nза времето на отсуство од работа.\n4.10 Член 36\nНа вработените во Агенцијата и на други лица може во согласност со општ\nакт да им се доделуваат соодветни награди или признанија.\n4.11 Член 37\nАгенцијата е должна да ги осигури, за случај на смрт, телесно оштетување\nили губење на работната способност, вработените кои работат на посебни\nработни места.\n4.12 Член 38\nВработен во Агенцијата кој во вршењето на работите и задачите ќе го\nзагуби животот, ќе се погребе на трошок на Агенцијата, а на семејството\nна вработениот му припаѓа еднократен надоместок во висина на вкупниот\nизнос од остварените плати во последните 12 месеци.\n4.13 Член 39\nПравата од пензиско и инвалидско осигурување утврдени со Законот за\nпензиско и инвалидско осигурување (“Службен весник на Република\nМакедонија” број 80/93) за определени категории осигуреници под\nпосебни услови (осигуреници од внатрешни работи) соодветно се\nприменуваат и на вработените во Агенцијата.\n4.14 Член 40\nДиректорот на Агенцијата ќе донесе подзаконски прописи за:\n:1) правилата за работа на Агенцијата;\n:2) образецот на легитимацијата и начинот на издавањето;\n:3) работите и задачите кои е неопходно да се извршуваат во времето на\nштрајкот и\n:4) други прописи утврдени со закон.\n5 V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\n5.1 Член 41\nДел од вработените на Министерството за внатрешни работи кои се\nраспоредени во досегашната Служба за државна безбедност, а по потреба\nи од другите служби ќе бидат преземени како вработени на Агенцијата во\nсогласност со општите акти за организација и работа и за систематизација\nна работните места во Агенцијата.\nВработените кои нема да бидат преземени во смисла на став 1 од овој член\nостануваат како вработени во Министерството за внатрешни работи.\n5.2 Член 42\nНа овластените службени лица на Министерството за внатрешни работи\nкои ќе бидат преземени во Агенцијата, времето поминато во извршувањето\nна работите и задачите со посебни должности и овластувања во\nМинистерството за внатрешни работи им се смета како извршување на\nпосебни должности и овластувања во Агенцијата.\n5.3 Член 43\nДел од опремата, инвентарот, средствата од архивата, документација и\nдруги средства за работа на досегашната Служба за државна безбедност\nна Министерството за внатрешни работи ги презема како средства\nАгенцијата.\nЗа преземање на дел од имотот и другите средства на Министерството за\nвнатрешни работи што заеднички се користат за потребите на сите служби,\nспогодбено ќе се договорат Министерството за внатрешни работи и\nАгенцијата.\nОбврските од ставовите 1 и 2 на овој член ќе се извршат во рок од шест\nмесеци од влегувањето во сила на овој закон.\n5.4 Член 44\nДиректорот на Агенцијата во рок од три месеци од именувањето ќе донесе\nопшти акти за организација и работа и систематизација на работните\nместа.\nПрописите и други општи акти на Агенцијата ќе се донесат во рок од шест\nмесеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.\n5.5 Член 45\nСо влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за\nконтрола на Службата за државна безбедност (“Службен весник на СРМ”\nброј 26/89), Законот за внатрешни работи (“Службен весник на СРМ” број\n45/72, 8/73, 31/74, 24/80 и 24/88 и “Службен весник на Република\nМакедонија” број 36/91 и 19/92) во делот што се однесува на Службата за\nдржавна безбедност и Законот за основите на системот за државна\nбезбедност (“Службен лист на СФРЈ” број 15/84 и 42/90).\n5.6 Член 46\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во\n“Службен весник на Република Македонија”.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D1%83%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 2768, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2929", "title": "Гане Тодоровски/ Нашинска", "text": "Нашинска е песна од Гане Тодоровски.\n1 Нашинска\nДа ни е да сме доста\nколку за да се разбистри небото\nнад Бистрине, Корабине-\nДа ни е да сме доволно\nколку за да се довардиме\nпокрај Вардарине и Струмине –\nДа ни е да сме мерата\nколку за да се прелееме\nод колено во колено до крај истрајвекот-\nМалцичка сме ли ете па што\nмалцичка божем а веќе со векови\nпо стопати по севезден нè пребројуваат\nНо ние сме како што сте како што се\nИ покрај сè и покрај сè\nколку сме толку сме токму сме!", "subject": ["Македонска поезија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0%D1%88%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0", "word_count": 95, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2926", "title": "Имала мајка син питимија, син кајмаклија", "text": ":Имала мајка син питимија, син кајмаклија\n:Она гу пуштила поп да си уче, дјак да си чине.\n:Она гу пуштила за три гудини, за три гудини.\n:Он си научил за три месеци, за три меседи.\n:И ми дојдели ду два кулака, ду два кулака,\n:Деца да венќе, мома да крсте, мома да крсте.\n:Он си забравил тимјан и восук, ем лепата книга.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n* Оваа песна е од Воденско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%B8%D0%BD_%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%2C_%D1%81%D0%B8%D0%BD_%D0%BA%D0%B0%D1%98%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2925", "title": "Литали, литали девит реда галаба", "text": ":Литали, литали девит реда галаба,\n:и четири пауина, пауина.\n:Кацнале, кацнале на царуви дворува.\n:Царица бисир уф кутел миијше, миијше,\n:и на галаба и пауина фаргаше, фаргаше.\n:Калвајте, калвајте девит реда галаба,\n:галаба и четири пауина, пауина.\n:Ваа гудина дојдоте, уд гудина па.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n*Оваа песна е од Воденско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%2C_%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%82_%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0_%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B0", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2923", "title": "Стар Свети Петар уф заднани леже", "text": ":Стар Свети Петар уф заднани леже\n:уф зандани леже, нокти си реже,\n:нокти си реже, пиле си ране.\n:Јади ми јади, ти милно пиле,\n:јас ки та пушкам на ден Петровден,\n:ти да ми донциш три класа жито.\n:Јас да разберам кога е лето,\n:кога е лето, лето пролето.\n:Јади ми јади, ти милно пиле,\n:јас ки та пушкам да долната земја,\n:на ден Крстовден, на ден Крстовден.\n:Ти да ми донциш три зрна грозде,\n:јас да пузнаја кога е есен, есен проесен.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n* Оваа песна е од Воденско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%D1%83%D1%84_%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B5", "word_count": 95, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2927", "title": "Мита беле на реката", "text": ":Мита беле на реката\n:ем си беле, ем си веле.\n:Ка сум танка та висока,\n:да бих малца црноока\n:Ќе гу зедих царивут син,\n:Царивут син, дејна, ноќа,\n:дејна, ноќа пари броја\n:и на можа да и доброја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n*Оваа песна е од Воденско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%82%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2928", "title": "Ранила дивојка две бели галаба", "text": ":Ранила дивојка две бели галаба, две бели галаба,\n:Ка и наранила, она и пуштила, она и пуштила.\n:Она и пуштила на царут да одат, на царут да одат.\n:Ка и виде царут, уф чудо устанал, уф чудо устанал.\n:Мал мори мале, што ки бидата вија?\n:Сине мил ми сине, вија са два галаба, ут мома ранети,\n:ут мома ранети на тебе пуштени, на тебе пуштени.\n:Мале мори мале шо ки му порвнатм, шо ки му поврнам,\n:Сине мил ми сине, два тувара пари, идин златен прстин,\n:Мале мори мале, малца ки му дојдат, малца ки му дојдат.\n:Сине мил ми сине, оша два тувара, оша два тувара.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n* Оваа песна е од Воденско.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%B4%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%B4%D0%B2%D0%B5_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B0", "word_count": 119, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2917", "title": "Крушевски манифест", "text": "Браќа земљаци и мили комшии!\nНие, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и от неговите китни села без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати шчо гледаат и нас и вас, да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустина, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.\nНие не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирниот, трудољубивиот и чесниот турски нарот шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашиот имот, вашиот живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имотот, животот, верата и честа, ние сне зеле пушка.\nНие не сне муртати на сфојата земја шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството; ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатираат нашиот труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќе сториме.\nНие не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жалиме како сфои браќа, бидејќи разбираме, оти и вие сте робје како нас, робје на царот, и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!\nЕлате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајракот на „Афтономна Македонија”! Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас браќа, да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...\nМили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчо на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќе ве мразиме. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќе умриме пот бајракот за нашата и вашата слобода и за нашето и ваше право. „Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашиот крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помошт: да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!\nНека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!\nНека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!\nУра! За „Афтономна Македонија”!", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на македонскиот народ", "Документи за македонската историја и самобитност"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82", "word_count": 741, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2944", "title": "Убави зборови", "text": "Убави зборови од Видое Подгорец\nАј,да измислуваме убави зборови!\nЕве вака:\nДа биде радост наместо мака.\nСе што е насилно,свирепо грубо-\nнека го носи името-љубов!\nВистина ставаме наместо лага\nсмеа и веселба наместо тага.\nБолката нека е ведрина сега,\nа сите војни да станат шега.\nЦрното нека си остане боја,\nно,да не тежи во душата твоја...\nСолзите-мака в срце што носат\nнека се претворат во капки роса.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонска литература"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8_%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2963", "title": "Библија", "text": "Библијата (од грчки βιβλια, ’книги’, множина од βιβλιον, ’книга’, оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење ’папирус’ од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување), е зборник на свети книги. Често се нарекува и Свето Писмо.\n1 Делови\nБиблијата се дели на два големи дела: Стар и Нов Завет. Стариот Завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот и Новиот Завет. Христијаните ја изучуваат библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (слово Божје).\n2 Преводи\n*Стар Завет - превод од 1999\n*Нов Завет - превод од 1999\n* Стар Завет (вики-превод) - превод за Викиизвор\n* Нов Завет (вики-превод) - превод за Викиизор\nar:الكتاب المقدس\nbs:Biblija\ncs:Bible\ncy:Beibl\nde:Bibel\nel:ءمكل أٌلِق\nes:Biblia\nfr:La Bible\nhe:ביבליה\nhr:Biblija\nit:Sacra Bibbia\nla:Biblia Sacra\nml:ബൈബിള്‍\npl:Biblia Gdaסska\npt:Bםblia\nro:Biblia\nru:ֱטבכט\nsl:Sveto pismo\nsr:ׁגועמ ןטסלמ\nsv:Bibeln 1917\nth:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ\ntr:İncil\nuk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)", "subject": ["Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 197, "cyrillic": 0.641}
{"id": "2879", "title": "Викиизвор:Почетен курс (Страници за разговор)", "text": "Страниците за разговор се клучен елемент на Викиизвор, бидејќи ја нудат можноста за дискусија за статиите и за други проблеми меѓу корисниците.\nАко сакате да поставите прашање за некоја статија, или имате некоја грижа или коментар, можете да ставите забелешка во делот за разговор на секоја статија. Тоа го правите со кликање на табот „Разговор“ на врвот на страницата. Не грижете се ако врската е во црвена боја; во ред е да ја создадете страницата за разговор ако таа веќе не постои.\nКога постирате нов коментар, ставајте го на дното на страницата за разговор. Исклучок е кога одговарате на забелешките на некој друг, тогаш го ставате Вашиот коменар под нивниот. Можете да го индентирате коментарот преку внесување на две точки (:) на почетокот на редот.\nПотребно е да ги потпишувате Вашите коментари преку внесување на три тилди ~~~ само за Вашето корисничко име или ~~~~ (четири тилди) за Вашето корисничко име и времето кога е поставен потписот (видете ја подолната дискусија за пример). На овој начин, кога ќе ја зачувате страницата, Вашиот потпис автоматски ќе биде вметнат. Во спротивно, Вашите коментари ќе се појавуваат без Вашето име, Повеќето од нас ги употребуваат временските потписи бидејќи постои копче над рамката за уредување со иконата за потпис која автоматски вметнува \"-~~~~\".\nМожете да добиете корисничко име преку создавање на сметка (100% слободна постапка). Ако немате сметка, или имате, но не сте логирани, за потпис ќе биде искористена IP адресата на Вашиот компјутер.\n0.1 Кориснички страници за разговор\nСекој Викиизворнец има корисничка страница за разговор на која другите Викиизворнци можат да остават пораки. Ако некој Ви остави порака, ќе добиете ознака која вели „Имате нови пораки“, со врска до Вашата корисничка страница.\nМожете да одговорите на било кој од двата начини. Еден е да ставите порака на страницата за разговор на корисникот на кој му реплицирате. Друг начин е да одговорите на сопствената страница за разговор под оригиналната порака. И двата начина се чести на Викиизвор; сепак, бидете свесни дека со одговарањето на сопствената страница за разговор го носите ризикот дека Вашата реплика нема да биде видена ако другиот корисник повторно не ја отвори Вашата страница за разговор. Ако го одберете овој пристап, добра идеја е да ставите забелешка на врвот на страницата за разговор за луѓето да ја набљудуват страницата.\n0.2 Индентација\nИндентирањето значајно го подобрува изгледот на една дискусија, правејќи ја полесна за читање. Стандардна пракса е да ја индентирате Вашата реплика едно ниво подлабоко од онаа на личноста на која реплицирате.\nПостојат неколку начини на индентација на Викиизвор:\n0.2.1 Обични индентации\nНаједноставниот начин за индентирање на текст е преку ставање на две точки (:) на почетокот на редот. Колку повеќе две точки ставате, толку подлабоко ќе биде поместен текстот. Новиот ред (притискање на Enter или Return) го означува крајот на индентираниот параграф.\nНа пример:\n:Ова е сместено на левата страна.:: Ова малку е индентирано.::: Ова е повеќе индентирано.\nсе прикажува како:\n: Ова е сместено на левата страна.\n:: Ова малку е индентирано.\n::: Ова е повеќе индентирано.\n0.2.2 Подточки\nИсто така можете да вршите индентација со ''подточки'', обично употребени за листи. За да внесете подточка, употребете ѕвезда(*). Слично на индентацијата, повеќе ѕвезди пред еден параграф значи поголема индентација.\nКраток пример:\n:* Прв елемент од листата:* Втор елемент од листата:** Елемент-подлиста на вториот :* Трет елемент од листата\nсе прикажува како:\n:* Прв елемент од листата\n:* Втор елемент од листата\n:** Елемент-подлиста на вториот\n:* Трет елемент од листата\n0.2.3 Листа со броеви\nМожете да создадете и нумерирани листи. За ова, употребете го симболот за број, или тараба(#). Ова најчесто се употребува за анкети и за гласања. Повторно, можете да влијаете на индентацијата преку бројот на # симболи што ќе го употребите.\nПример:\n:# Прв елемент:# Втор елемент:## Елемент под вториот:# Трет елемент\nShows up as:\n:# Прв елемент\n:# Втор елемент\n:##Елемент под вториот\n:# Трет елемент\n0.3 Пример дискусија\n''Еве еден пример на добро форматирана дискусија:''\nЗдраво! Јас имам прашање за оваа статија. Прилично сум сигурен дека портокаловите слонови живеат само во Скопје! Мислам дека тоа е општо познат факт. СтојанчеМајсторот 17:18, 22 јуни 2008 (UTC)\n: Па, последниот пат кога бев во Скопје, слоновите кои јас ги видов беа зелени. &mdash; Хатори Ханзо 17:32, 22 јуни 2008 (UTC)\n:: Мислам дека треба да најдете извор за Вашите тврдења.Emogirlz69 18:54, 22 јуни 2008 (UTC)\n::: Ок, овие журнали за слонови се согласуваат со мене:\n:::*''Слоновски журнал'':::*''Дамбо-ролинг-стоун'':::&mdash; СтојанчеМајсторот 07:14, 23 јуни 2008 (UTC)\n: Јас живеам во Австралија, каде слоновите личат на кенгури! Луѓето долу се согласуваат со мојата изјава:-DontUMateMe 12:22, 23 јуни 2008 (UTC)\n:# Elafantist 01:37, 23 јуни 2008 (UTC)\n:# ЌеГласамЗаСекој 04:04, 24 јуни 2008 (UTC)\n:# 1337Hax0rDude 17:58, 24 јуни 2008 (UTC)\nЛуѓе, вие сте премногу сериозни за слоновите. јас повеќе сакам пајаци\n*ВП:ПАЈАК .:!Нинџа!:. 18:54, 24 јуни 2008 (UTC)\nАко сакате да вклучите листа во Вашите коментари треба да додадете две точки пред секој елемент од листата, на пример:\n:::: Ок, овие журнали за слонови се согласуваат со мене::::: * ''Слоновски журнал'':::: * ''Дамбо-ролинг-стоун'':::: ~~~~\nИсто така, потпишувањето на Вашата порака се врши преку:\n* Пишување на ~~~ за името (СтојанчеМајсторот), или\n* Пишување на ~~~~ за името и датумот (СтојанчеМајсторот 18:54, 24 јуни 2008 (UTC)), или\n* Пишување на ~~~~~ само за датумот (18:54, 24 јуни 2008 (UTC)).\nОбично треба да се потпишувате и со име и со датум, но гласовите често се потпишани само со име.\n0.4 Експеримент\nЕксперимент! Овoј пат, наместо уредување во песок, оставете порака на страницата за разговор. Запомнете да го потпишете Вашето корисничко име. Можете да се обидете и да одговорите на постот на некој друг. Треба да го употребите копчето „Прегледај“ за да видите дали Ви успеало форматирањето пред да зачувате.\nИспробајте тест дискусија на страницата за разговор.\nПродолжете го курсот со работи кои треба да ги имате на ум&rarr;", "subject": ["Почетен курс"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D1%83%D1%80%D1%81_%28%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%29", "word_count": 961, "cyrillic": 0.973}
{"id": "2537", "title": "Македонски народни песни", "text": "Песните во продолжение се викаат македонски народни песни. Песните се подредени по азбучен ред.\n:Напомена: ''Списокот не е целосен. Ако сакате да ги видите сите народни песни кои ги има на Викиизвор, видете ја категоријава.''\n1 Категорија\nМакедонски народни песни\n2 1\n*1762 лето\nКаде се спремаш македонче\n*А бре Петруш, кајметли Петруш\n*Абер дојде Донке\n*Абер иде од Могила\n*Ај да бегаме мори Васе\n*Ај засвирете ми чалгии\n*Ај што ми е мило ем драго\n*Ај! В Македонија глас се чует\n*Ајде дали знаеш паметиш Милице\n*Ајде жалај ме, Малино\n*Ајде Милке да бегаме\n*Ајде мори Стојно ле, мој соколе\n*Ајде поминувам заминувам\n*Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо\n*Ајде ќе те прашам бре Донке\n*Ајде шана мана на кантарот\n*Ајде што пијана шеташ Фиме\n*Ајде што ти текна\n*Ајде, брала мома бело ми грозје, ем црно\n*Ајде, ред се редат, мале\n*Ако пијам рујно вино\n*Ако умрам ил загинам\n*Ангелино моме\n*Антице жална душице\n*Ах љубов, пак љубов\n3 Б\nБисер балкански\n*Бело лице љубам јас\n*Билбил пее во планина\n*Билјана платно белеше\n*Битола, мој роден крај\n*Бог да бие мојта мајка\n*Бог да бие Русе твојта мајка\n*Бог да го убие мамо\n*Болен Дојчин\n*Болен лежи катил Ѓорѓи\n*Болен лежи Миле Поп Јорданов\n*Болен лежи млад Стојан\n*Бор садила мома Евгенија\n*Брала мома капини\n*Буките развиват\n4 В\n*Великина\n*Виена лоза виена\n*Вино пијам, ем ракија\n*Во влашкото маало жолти куќи високи\n*Врана коња јавам јас\n5 Г\n*Гледај ме, гледај либе\n*Го фатиле клети Турци едно моме\n*Градел Илија манастир\n*Гукни ми гукни гугутко\n6 Д\n*Да ти пукне мила мајко најмилото\n*Давај ме мила мамо, давај ме\n*Дали думаш либе\n*Дафино вино црвено\n*Две невесте тикве брале\n*Девет години\n*Девојченце, девојченце луда\n*Дејгиди луди млади години\n*Дека се чуло и видело\n*Димна Јуда град градила\n*Димчета аскер го писале\n*До кога браќа мили Македонци\n*Дојди, дојди калеш море Димчо\n*Дојди, дојди малој моме\n*Дојчин јунак, Сирак Јанко и Крали Марко, Солунски чувачи\n*Дотекла вода студена\n*Драганка ѓергеф везеше\n*Дремка ми се дреме мила мамо\n7 Ѓ\n*Ѓорушице црно око\n*Ѓул трендафил\n*Ѓурѓово лето проклето\n8 Е\n*Една вечер\n*Една мома љубам јас\n*Една мома с'мајка е\n*Едно време си бев ерген\n*Едно мало моме\n*Еј море девојче\n*Еј ти моме, мало моме\n*Елено моме, Елено\n*Елено ќерко, Елено\n*Елено ќерко\n*Ерген одев мамо\n9 Ж\n*Жени ме мамо, жени ме\n10 З\n*За кого ти цути Дано, лицето\n*Зајди, зајди јасно сонце\n*Зајко кокорајко\n*Заплакало е Мариово\n*Засвирил Стојан\n*Заспала Јанка, Јанинка\n*Збогом мајко јас отидов\n*Земјо Македонска\n*Зошто си ме мајко родила\n*Зурли трештат на сред село\n11 И\n*И ние сме деца на Македонија\n*И таму е мојата родина\n*Извикна Јана провикна\n*Излегов да се прошетам\n*Излегол Јане прошетал\n*Илчовице, млада невесто\n*Имала мајка до девет сина\n*Излегол невен Пејо8\n12 Ј\n*Ја излези стара мајко\n*Јана мајка љуто колни\n*Јано Јанке Кумановке\n*Јано мори, Јано леле, севдалино\n*Јас Методи Патче од Охрида\n*Јас сум мома Охриѓанка\n*Јас те пратив на вода Калино\n*Јовано, Јованке\n[|КОЈ ТИ МРСИ РУСИ КОСИ\nЕСЕН ТАЖНА ЉУБОВ ЛАЖНА ТИ МИ ПОДАРИ\nСРЦЕ СТЕГАМ А ТИ БЕГАШ САМ МЕ ОСТАВИ\nНЕМАМ СИЛА МОЈА МИЛА ДА ТЕ ЗАДРЖАМ\nТАКА РЕШИ МНОГУ ЗГРЕШИ ДАЛ ЌЕ ИЗДРЖАМ\nРЕФ: 2\nКОЈ ТИ МРСИ РУСИ КОСИ\nКОЈ ТИ ГАЛИ НОЗЕ\nБОСИ КОЈ СО ТЕБЕ ВИНО ПИЕ\nКОЈ СО ТЕБЕ НОЌВА СПИЕ\nА ПАК ДОЖДОТ ЛИЕ ЛИЕ МНОГУ ТЕШКО МИ Е\nПОКРАЈ БРЕГОТ САМ СЕ ШЕТАМ БАРЕМ ДА ТЕ СРЕТНАМ\nБЕЗМЕРНО ТЕ ЉУБАМ МИЛА КАКО НЕКОГАШ\nВ МОИТЕ МИСЛИ ВЕЧНО ТИ СИ ЗНАЈ ЗАСЕКОГАШ\nРЕФ: 2== К ==\n==\n12.1 Наслов\n==\n*Каде се чуло видело\n*Каде се чуло мамо видело\n*\nПотточка во списокот\n*Каде си тргнала Кито\n*Кажи Јано, кажи душо\n*Кажи ми, кажи Катинке\n*Кажи Рајне, кажи душо\n*Кажи, кажи либе Стано\n*Каил да се сториш моме\n*Како што е таа чаша полна со вино\n*Калеш Дончо\n*Каљо, Калино девојче\n*Кандисал Ајрудин паша\n*Кандисуј бре, лудо младо\n*Каранфил невесто мори\n*Кате, Кате лично моме\n*Кате, лично девојче\n*Кирајџиче, јабанџиче\n*Кито моме, Кито душо\n*Кога војници тргнавме\n*Кога се мажеше што ти се чинеше\n*Кога си тргнав в туѓина\n*Кога ќе одиш моме за вода\n*Кој што ме чуе да пеам\n*Крај Вардарот седеше\n*Кранфило, фил-фило моме\n*Крушево абер пристигна\n*Кумановско поље\n*Кучињата лаат, пазарџии идат\n13 Л\n*Лажи, лажи Вере\n*Леле мајко што ме роди\n*Ленка пиши бела книга\n*Ленче болно лежи\n*Ленче бре душо\n*Ленче бре душо, Ленче бре срце\n*Лешочкиот манастир\n*Лилјано моме убаво\n*Лилјано моме, Лилјано\n*Лино, мори моме, севдалино\n*Лисаво\n*Лулела е Јана\n14 Љ\n*Љубеле се двајца млади\n*Љуби, љуби лудо младо\n15 М\n*Магдо мори, Магдалено\n*Мајка на Марика думаше\n*Македонско девојче\n*Малихери пукаја\n*Мамо, кој чука на порти\n*Мара Охриѓанка\n*Марие млада невесто\n*Марие, дилбер бела, Марие\n*Марика мома убава\n*Мариче ле, лично, девојче\n*Марко коси зелена ливада\n*Марко чека месец да огрее\n*Маце маце тече вода студена\n*Ми го затвориле младиот Јорданчо\n*Ми заплакало селото, селото Ваташа\n*Ми товарил калеш Дончо\n*Мила мајко мојто либе не ми е дома\n*Мила мајко што ме роди толку сиромав\n*Мирјано мори, Мирјано\n*Многу крвја, многу солзи\n*Мома уф зандана\n*Мома седи на пенџерe\n*Море кога одев мила мамо\n*Море сокол пие\n*Море три години Стамбол го шетав\n*Мори моме Магде\n*Мори чупи Костурчанки\n16 Н\n*На лево оро\n*На Струга дуќан да имам\n*На срце ми лежи, мила мамо\n*На сред село тапан чука\n*Народе Македонски\n*Не кажувај либе добра ноќ\n*Не прибирај мила мамо стројници\n*Не плачи мило либе, не жали (Параходот)\n*Не раѓај мајко, лична Македонијо\n*Не се бели Маре мори\n*Не се кревај на големо\n*Не се фаќај Доне Донке до мене\n*Не си го продавај Кољо чифликот\n*Невено мори, Невено\n*Нели сторивме вера и клетва\n*Нели ти реков, моме Донке\n*Нели ти реков, не оди боса\n*Немој ме, мила мамо, луто да колниш\n*Нешо пиле, Нешо мори, мамино калешо\n*Низ двори се шета мома Катерина\n*Никнало, никнало, цвеќе шарено\n*Нико, Нико мори, меанџико\n17 О\n*Облак се вие, орлите пиштат\n*Оган го гори Брезово\n*Огрејала еј месечина\n*Огрејала јасна ѕвезда\n*Од Битола до Вевчани, си сардисано\n*Од поле идат бабо сејмени\n*Од умот се подизгубив\n*Одздола иде мале\n*Ожени ме мамо, женет да одам\n*Ојде дедо во градина\n*Ој Недо, Недо, земи ме Недо\n*Ој, Јано, Јано, убава Јано\n*Ој, ти моме лудо ли си\n*Ој, ти пиле, славеј пиле\n*Ората копата\n*Оре моме седмојанче\n*Ордан седи на кулата\n*Останала, останала жена удовица\n*Отвори Лено вратничка\n18 П\n*Параходот\n*Песна ви пеам Македонци\n*Песна за Деспина\n*Песна за Крушевската република\n*Песна за Христо Узунов\n*Петлите пеат, зората се зори\n*Пилето ми пее рано на сабајле\n*Писмо дојде од Солуна града\n*По друм одам мајче\n*Подигни си, бре невесте дулачето\n*Подранила Цена за вода студена\n*Појде моме на вода\n*Поминаа луди млади години\n*Послушајте патриоти\n19 Р\n*Развила гора зелена\n*Разграни гранка маслинка\n*Рајна на пенџере седеше\n*Рајна на порти стоеше\n*Распукала Шар Планина\n20 С\n*Са ноќ ми билбил препеа\n*Саде ти се чудам, Цвето\n*Само ме гледаш, очи ми пиеш\n*Свалил се млад Димитар од Разловци\n*Се заљубив во девојче убаво\n*Се запали пиле Трено одајчето\n*Секој што мине помине\n*Сестра моли брата за вечера\n*Си заљубив едно моме\n*Сите девојчиња, мамо, се мажија\n*Славеј пиле рано пее\n*Слегло моме во градина\n*Слушам кај шумат шумите\n*Сношти минав покрај вази\n*Сношти си мамо поминав\n*Собрале ми се набрале\n*Собрале ми се набрале нашите лични ергени\n*Сокол ми лета високо\n*Срце ме боли ќе умрам\n*Стани запали Тинке борина\n*Стани моме да заиграш\n*Сторил ниет Зајко\n*Сулиман ага\n21 Т\n*Та ти ле се најде бабо\n*Таму долу Криволачко, Црвени Брегови\n*Те видов тебе и се заљубив\n*Те сакам песно македонска\n*Тешка беше нашата разделба\n*Тинка иди од Битола\n*Трба трби Гевгелија\n*Тргнала ми мома Рума\n*Три години либе ние се сакавме\n*Туѓината пуста да остане\n*Туљо бре, туљо Салтано\n22 У\n*У ливаду потке наше моме кротке\n*Учи ме мајко карај ме\n23 Ф\n*Фанче ојде во Калишта\n*Фатила зима\n*Фато мори душманке\n24 Ц\n*Црна се чума зададе\n*Црно му било пишано на Александро Турунџев\n25 Ч\n*Четворица комити\n26 Ш\n*Што имала к’смет Стамена\n*Што се срамиш калеш Кирчо", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8", "word_count": 1360, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2858", "title": "Викиизвор:Помошна табела", "text": "Опис, Текст, Изглед\nСе употребува било каде во текстот\nЗакосени букви\nЗадебелени букви\nзакосени и задебелени букви\nВнатрешни врски\nПренасочување кон друга страница\nНадворешни врски\nСе применува само на почетокот на редот\nНаслови\n2 Ниво 1\n2.1 Ниво 2\n2.1.1 Ниво 3\n2.1.1.1 Ниво 4\n2.1.1.1.1 Ниво 5\n|\n2 Ниво 1\n2.1 Ниво 2\n2.1.1 Ниво 3\n2.1.1.1 Ниво 4\n2.1.1.1.1 Ниво 5\nПопис со точки\nПопис со броеви\nСлики\n3 Поврзано\n* За подобар вовед во Викиизвор, видете го почетниот курс\n* За подетални информации во уредувањето на страниците, видете Викиизвор:Како да уредам страница\n* За повеќе помош, видете Помош\n* За вежбање и тестирање искористете го песокот.", "subject": ["Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%88%D0%BD%D0%B0_%D1%82%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B0", "word_count": 126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2910", "title": "Викиизвор:Принципи и напатствија", "text": "Викиизвор е заеднички проект и неговите основачи и корисници имаат заедничка цел:\n:''Нашата цел со Викиизвор е да направиме слободна и релевантна (во смисол на вистинита) библиотека - навистина, најголема библиотека во историјата, и во ширина и во длабочина.''\nВикиизвор има некои принципи и напатствија што ни помагаат да работиме кон оваа заедничка цел. Некои од овие принципи с уште еволуираат, додека другите се подолго време воспоставени и најчесто неконтроверзни.\nДодека нашите принципи еволуираат, многу Викиизворнци сметаат дека пишаните правила се инхерентно неадекватни да ги покријат сите можни варијации на пореметувачко и злобно однесување. На пример, корисник кој постапува против духот на нашите пишани принципи може да биде строго укорен дури ако формално правилата не се прекршени.\n1 Клучни принципи\nНе е потребно да го прочитате секој принцип на Викиизвор пред да придонесете! Сепак, следниве се клучни кон продуктивно искуство на Викиизвор , и што побрзо се справите со нив, толку подобро.\n# Викиизвор е библиотека. Нејзините цели не одат понатаму. Видете што не е Викиизвор за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)\n# Избегнете пристрасност. Статиите треба да бидат напишани од неутрална гледна точка, која ги прикажува различните гледишта правично и со уважување.\n#Не нарушувајте авторски права. Викиизвор е слободна библиотека која функционира според GNU Free Documentation License (на англиски). Поднесување на дело кое ги нарушува авторските права е закана за нашата цел да изградиме навистина слободна библиотека која секој може да ја редистрибуира, и може да доведе до правни проблеми. Видете Викиизвор:Авторски права за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)\n# Почитувајте ги другите соработници. Соработниците на Викиизвор доаѓаат од различни земји и култури, и имаат многу различни гледишта. Третирањето на другите со почит е клучно за ефективно соработување при изградба на библиотека. За некои напатствија, видете Вики-етика (врска на англиски), Правила за однесување при конфликт (врска на англиски), Решавање на спорови (врска на англиски) .\n2 Останати принципи и напатсвија\nВрски кон различни принципи може да се најдат во следните категории:\n* :Категорија:Викиизвор:Принципи - принципи кои се нашироко прифатени и се очекува да бидат следени\n* :Категорија:Викиизвор:Официјални принципи - помалку ригидни правила кои се главно консензуално прифатени и применувани во повеќе случаи\n2.1 Конвенции\nПреку следење на следните конвенции можеме да направиме поконзистентна и покорисна библиотека:\n*Уредувачка политика (врска на англиски) (Како да се уредуваат статиите)\n*Конвенции при именување (врска на англиски) (Како да се именуваат статиите)\n*Појаснување (врска на англиски) (Како да се разрешуваат спорови при именување)\n*Политика на употреба на слики (врска на англиски) (Работа со подигнувања)\n*Политика на бришење (врска на англиски) (како да номинирате страници за бришење, и како (ограничено) да бришете статии)\n3 Процедурални прашања\n3.1 Како се усвојуваат принципите?\nНајголемиот број Викиизвор-принципи се формулирани во раните денови на проектите, генерално пред крајот на 2002. Измените и дополнувањата се прават со консензус (врска на англиски), иако во пракса консензус за промена на политиката е навистина тешко да се постигне. Во многу случаи, принципот се развива неформално; пишаните принципи најчесто кодифицираат подолга традиција.\nИсто така, видете Викиизвор:Како се создава принцип. (врска на англиски)\n3.2 Како се спроведуваат принципите?\nВие сте уредник на Викиизвор. Викиизвор нема главен уредник или централизиран хиерархиски механизам кој го прати и одобрува секојдневниот прогрес на библиотеката. Наместо тоа, активните учесници ги пратат скорешните промени и прават измени во согласност со содржината и форматот на проблемот што ќе го сретнат. Така, Википедијците се истовремено и писатели и уредници.\nПовеќето принципи и напатствија, на тој начин, се спроведуваат од поединечни корисници кои ги уредуваат страниците, и ги дискутираат прашањата меѓусебе. Некои принципи исто така се спроведуваат преку привремени блокови (главно, механизам за справување со вандализам). Во екстремни случаи Комитетот за Арбитража може да донесе одлука заради справување со тешко решливи ситуации, како дел на поопштата процедура за решавање на спорови.\n3.3 Ограничени опции\nНекои од опциите на софтверот кои може да бидат потенцијално злоупотребени, како што е бришење на страници и заклучување на страници од уредување, се ограничени на администраторите, кои се искусни членови на заедницата на кои може да им се верува. принципите кои главно се однесуваат на администраторите се:\n*Правила за заштитување (врска на англиски) (Како и кога да се заштити страница)\n*Политика на блокирање (врска на англиски) (Блокирање на корисници за да се спречи вандализам или да се спроведат одлуки на комитетот за арбитража)\n4 Типови на принципи и напатствија\nКако додаток на општоприфатените политики искажани во горниот дел, следните напатсвија се предложени од различни учесници:\n4.1 Општи напатствија\n* Бидете храбри во ажурирањето на страниците (врска на англиски)\n* Направете мрежа (врска на англиски)\n* Користење на ботови (врска на англиски)\n* Давајте заклучок при уредувањето (врска на англиски)\nЗа други корисни совети, видете Избегнување на вообичаените грешки (врска на англиски).\n4.2 Напатствија за однесување\n*Потпишувајте се на страниците за разговор (врска на англиски)\n* Избегнувајте вулгарност (врска на англиски)\n* Без лични напади (и преместете ги личните дебати по електронска пошта) (врска на англиски)\n* Без правни закани (врска на англиски)\n* Бидете пресметливи (врска на англиски)\n* Без навредливи кориснички имиња (врска на англиски)\n* Не гризете ги новодојденците (врска на англиски)\n* Не правите статии за себе (врска на англиски)\n* Правило на три враќања (Уредувачките војни се сметаат за штетни) (врска на англиски)\n* Користете ги вашите кориснички страници соодветно (врска на англиски)\n* Општи напатствија за страниците за разговори (врска на англиски)\n4.3 Напатствија за содржината\n*Водич за пишување на подобри статии (врска на англиски)\n*Објаснете го жаргонот (врска на англиски)\n*Справете се соодветно со потполните бесмислици (врска на англиски)\n*Цитирајте извори: насочете го читателот кон релевантите референци, (и поредете ги правилно) (врска на англиски)\n*Проверливост: осигурајте се дека цитираната информација е проверлива по потреба (ова не значи дека таа е \"официјална\", повеќе се однесува дека дека таа постои како што е речено) (врска на англиски)\n*Избегнувајте изјави кои набргу ќе застарат (врска на англиски)\n*Држете се до темата (врска на англиски)\n*Предупрете ги читателите за spoiler-и (врска на англиски)\n*Направете ги статиите корисни за читателите (и мислете на публиката при пишувањето) (врска на англиски)\n*Проверете ги вашите факти (врска на англиски)\n*Напатствија за користење на страниците за разговор (врска на англиски)\n*Избегнувајте самореференцирање (врска на англиски)\n*Зборови за избегнување (врска на англиски)\n*Алгоритми на Викиизвор (врска на англиски)\n*Избегнувајте долги, одделни заклучоци за филмови и книги (врска на англиски)\n4.4 Напатствија за стилот\n*Прирачник за стилот (врска на англиски)\n*Не вклучувајте копии на првобитните извори (врска на англиски)\n*Следете ги конвенциите за нагласување (врска на англиски)\n*Мислете на контекстот кога правите врски (врска на англиски)\n*Користете поднаслови умерено (врска на англиски)\n*Не користете прелом на редови (врска на англиски)\n*Викиизвор:Водич за пишување на подобри статии (врска на англиски)\n*Не користете подстраници (врска на англиски)\n*За целосен список, видете :Категорија:Викиизвор напатствија за стилот\n4.5 Напатствија за начините на групирање на статиите\n*Избирање на соодветна техника на групирање Викиизвор:Категории, листи, и кутии за серии (врска на англиски)\n*По ''техника на групирање'':\n**Листи (врска на англиски)\n**Категории (врска на англиски), и други статии во :Категорија:Викиизвор категоризација\n**Навигациони шаблони (врска на англиски) (или: ''кутии за серии'')\n5 Други текстови и дискусии во врска со Викиизвор\n* Сајтот (на англиски) содржи многу статии во врска со Викиизвор и поврзани теми во воведен стил.\n*Создавање на како-да статии во Викиизвор (врска на англиски)", "subject": ["Викиизвор:Принципи и напатствија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BF%D0%B8_%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 1200, "cyrillic": 0.996}
{"id": "2986", "title": "Второ писмо од апостол Јован", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од старешината Јован,\nдо почитуваната госпоѓа и до нејзините деца. Имам искрена љубов спрема вас, каква што имаат и сите други што ја знаат Божјата вистина,\n<sup>2</sup>онаа вистина што живее во нас и што ќе биде со нас засекогаш.\n<sup>3</sup>Бог Таткото и Неговиот Син, Исус Христос, нека ни бидат благонаклонети, нека ни бидат милостиви и нека ни дадат мир, за да останеме на страната на вистината и да живееме во љубов.\n2 Поттик на меѓусебна љубов\n<sup>4</sup>Многу се израдував кога дознав дека некои од вашите деца се на вистинскиот пат и се придржуваат до заповедта што ни беше дадена од Небесниот Татко.\n<sup>5</sup>Сега, драга госпоѓо, јас не ви пишувам некоја нова заповед, туку ве молам да се придржувате кон заповедта што ја имаме уште од почетокот: да се сакаме меѓусебно.\n<sup>6</sup>А љубовта се докажува преку придржување до Божјите заповеди. Заповедта да се сакаме ја слушнавме уште од самиот почеток и до неа треба да се придржуваме.\n3 Предупредување за појавата на измамници\n<sup>7</sup>Многу измамници се појавија на овој свет. Не признаваат дека Исус Христос дојде на овој свет во човечко тело. Секој што зборува така е измамник и антихрист.\n<sup>8</sup>Чувајте се, за да не го загубите она за што се трудевме. Борете се да ја добиете целосната награда!\n<sup>9</sup>Секој што отстапува и не се држи до Христовото учење нема заедништво со Бог. Оној што се држи до Христовото учење има заедништво со Небесниот Татко и со Синот - Христос.\n<sup>10</sup>Ако некој дојде кај вас, и не го носи Христовото учење, немојте да го примате во вашите домови, немојте дури ни добредојде да му посакате.\n<sup>11</sup>Оној што ќе му посака добредојде станува соучесник во неговите зли дела.\n4 Заклучок\n<sup>12</sup>Имам уште многу да ви кажам, но не сакам тоа да го сторам вака, со перо и мастило, туку се надевам дека ќе дојдам кај вас и сѐ што имам да ви кажам, ќе ви кажам лице в лице. Верувам дека тоа ќе биде обострано задоволство.\n<sup>13</sup>Ве поздравуваат децата на вашата сестра, одбрана од Бог.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD", "word_count": 338, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2987", "title": "Трето писмо од апостол Јован", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од старешината Јован, до мојот драг пријател Гај, кого искрено го сакам.\n<sup>2</sup>Драги пријателе, ти посакувам сѐ добро да ти оди, да бидеш телесно здрав, како што си духовно јак.\n<sup>3</sup>Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат.\n<sup>4</sup>За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите деца чекорат по вистинскиот пат.\n2 За помагањето меѓу христијаните.\n<sup>5</sup>Драги пријателе, добро правиш што се грижиш и за други христијани, особено за дојдените од други места.\n<sup>6</sup>Тие пред сите нас во црквата раскажаа за твојата љубов. Добро ќе сториш ако ги испратиш на начин како што прилега пред Бог,\n<sup>7</sup>бидејќи тие патуваат заради Исусовото име, а не примаат никаква помош од оние што не се христијани.\n<sup>8</sup>Заради тоа треба да покажеме гостопримство спрема такви луѓе, за и ние да земеме учество во ширењето на вистината.\n3 Осуда на Диотреф\n<sup>9</sup>Јас им напишав едно кратко писмо на луѓето во црквата, но Диотреф, кој сака да биде водач меѓу нив, не нѐ признава нас.\n<sup>10</sup>Затоа, ако дојдам, ќе го прекорам за тоа што го прави, напаѓајќи нѐ злобно и неправедно. И тоа не му е доволно, па не само што самиот не ги прифаќа христијаните што доаѓаат во посета, туку и оние што би сакале да ги прифатат ги спречува и ги исклучува од црквата!\n<sup>11</sup>Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло! Угледај се на оние што прават добро! Оној што прави добро е Божјо дете, а оној што прави зло, покажува дека не Го познава Бога.\n4 Признание за Димитри\n<sup>12</sup>За Димитри сите зборуваат добро. Тоа се потврдува со вистинската порака што тој ја проповеда. И ние имаме добро мислење за него, а ти знаеш дека ние сме искрени.\n5 Поздрави\n<sup>13</sup>Сакам уште многу нешта да ти кажам, но не сакам вака со перо и мастило.\n<sup>14</sup>Се надевам дека наскоро ќе те видам и лице в лице ќе си поразговараме.\n<sup>15</sup>Божјиот мир нека биде со тебе!\nТе поздравуваат пријателите. Поздрави ги и ти оние што ни се пријатели, секого поименично.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD", "word_count": 356, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2115", "title": "Закон за сопственост и други стварни права", "text": "ОСНОВНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 1\nСо овој закон се уредуваат правото на сопственост и другите стварни права во согласност со Уставот.\nЧлен 2\nПраво на сопственост можат да го стекнуваат сите домашни и странски физички и правни лица, вклучувајќи ја и државата и единиците на локалната самоуправа, под услови и на начин предвидени со овој и друг закон.\nЧлен 3\nСопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на сопственикот и на заедницата.\nЧлен 4\nНа ствар на која постои право на сопственост можат да се засноваат ограничени стварни права, како што се правото на службеност, правото на на залог, правото на реален товар и други стварни права (во натамошниот текст: други стварни права), под услови определени со закон.\nЧлен 5\nПравото на сопственост и другите стварни права се остваруваат врз основа на слободна диспозиција со нужни ограничувања предвидени во Уставот и законите.\nЧлен 6\nСе гарантира правната заштита на сопственоста.\nЧлен 7\nСтекнувањето, заштитата и престанокот на правото на сопственост и на другите стварни права се уредуваат со закон.\nДЕЛ ПРВИ\nПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ\nГЛАВА I\nСодржина, правно дејство, ограничувања\nи предмет на правото на сопственост\nСодржина и правно дејство на правото на сопственост\nЧлен 8\nСопственикот има право својата ствар да ја држи, целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице.\nСекој е должен да се воздржува од повреди на правото на сопственост на друго лице.\nОпшти ограничувања на правото на сопственост\nЧлен 9\nСопственикот го остварува своето право на сопственост во согласност со природата и намената на стварта, како и со општиот интерес утврден со закон.\nЗабрането е вршење на правото на сопственост спротивно на целта заради која е со закон признато и установено, или спротивно на моралот на општеството.\nПравото на сопственост не смее да се врши со цел на друг да му се причини штета или тој да се спречи во остварувањето на неговото право.\nЧлен 10\nПравото на сопственост може да се ограничи или да се одземе кога се работи за јавен интерес утврден со закон.\nПосебни ограничувања на правото на сопственост\nЧлен 11\nСопственикот на недвижност е должен при користењето на недвижноста да се воздржува од дејствија и да ги отстранува причините што потекнуваат од неговата недвижност, со кои се отежнува користењето на други недвижности (пренесување на чад, непријатни миризби, топлина, саѓи, потрес, бучава, истекување на отпадни води и слично), над мерката што е вообичаена со оглед на природата и намената на недвижноста и на месните прилики или со кои се причинува позначителна штета, ако со закон поинаку не е определено.\nПредмет на правото на сопственост\nЧлен 12\nПредмет на правото на сопственост се сите ствари, коишто можат да припаѓаат на физички и правни лица, освен оние што според својата природа или врз основа на закон не можат да бидат предмет на ова право.\nСтвар, во смисла на овој закон, е дел од материјалната природа што може да биде во власт на човекот и што може да се индивидуализира.\nПостојат различни видови на ствари зависно од нивната природа, положбата во просторот, составот, намената и другите особини врз кои правото на сопственост со закон се уредува на различни начини, водејќи сметка за општата природа на правото на сопственост.\nПодвижни и недвижни ствари\nЧлен 13\nВо однос на нивната просторната положба стварите се подвижни и недвижни.\nПодвижни ствари се оние кои во целост можат да се движат или поместуваат од едно место на друго, а притоа да не се оштети нивната суштина.\nНедвижни ствари се оние ствари кои не можат од едно место на друго да се движат и поместуваат, без притоа да не се оштети нивната суштина.\nНедвижни ствари, во смисла на овој закон, се земјиштата (земјоделски, градежни, шумски и пасишта) и зградите, како и инсталациите подиг¬нати врз нив или под нив и трајно споени со нив, ако поинаку не е определено со закон.\nСтварите кои по својата природа се подвижни можат да се сметаат во правна смисла за недвижни доколку се припадоци на одредена недвижна ствар или доколку законот ги изедначува со недвижните ствари.\nВо случај на спор дали една ствар е подвижна или недвижна се смета дека таа е подвижна.\nПрости и сложени ствари\nЧлен 14\nСтварите се прости ако се составени од една иста или од различни материи и прет-ставу¬ваат единствена неделива физичка целина.\nСтварите се сложени кога се составени од различни физички делови соедниети во една физичка целина, како и од повеќе самостојни ствари кои ја сочинуваат таа целина (збирна ствар). Стварите се сложени и кога се составени од повеќе ствари кои самостојно претставуваат објект на правото на сопственост, а кои заедно можат да претставуват и посебен објект на правото на сопственост (збир од ствари).\nАко одделни делови на стварта не можат да бидат одвоени едни од други, односно од целината на стварта, без притоа да не се промени нејзината суштина, односно таа да не се уништи или оштети, тоа се суштествени делови од стварта и тие не можат да бидат предмет на одделни права, ако со закон или правно дело поинаку не е определено.\nНа деловите од стварта што не се суштествени, а можат да се одвојат од неа без штета за целата ствар, може да постојат посебни права во корист на друго лице.\nАко стварта е физички неделива, таа може правно да се подели на делови на кои големината им е вредносно одре¬дена сразмерно со вредноста на секој дел во вкупната вредност на стварта (идеален дел), ако со закон или со правно дело поинаку не е определено. Секој нејзин идеален дел претставува вредносно самостоен дел.\nСо одвојување на делот од стварта не престануваат дотогашните права врз неа, ако со закон или правно дело поинаку не е определено.\nГлавна и споредна ствар (припадоци и прирастоци)\nЧлен 15\nДеловите на една сложена ствар во однос на својата намена можат да бидат главни и споредни.\nСпоредни ствари се оние ствари кои & служат на главната ствар и се јавуваат како припадоци и прирастоци.\nНосителот на правото на сопственост на индивидуално определена ствар има право на сопственост и на сите нејзини припадоци и прирастоци ако со закон или правно дело поинаку не е определено.\nПрипадок е подвижна ствар која нејзиниот сопственик ја употребува како споредна затоа што трајно и служи на главната ствар, а се наоѓа во та¬¬ков прос¬торен однос спрема главната ствар кој одговара за таа употреба.\nПрирасток на стварта е секој нејзин дел кој за неа е трајно споен.\nПривремената употреба на една ствар за служење на глав¬ната ствар не и го дава својството на припадок.\nПовремената неупотреба на една ствар за служење на главната ствар не доведува до нејзино губење на својството на припадок, односно прирасток.\nСтвари од општ интерес за Република Македонија\nЧлен 16\nСите природни богатства, растителниот и животинскиот свет, стварите во општа употреба, градежното земјиште, шумите и земјоделското земјиште, пасиштата и водите, како и стварите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се ствари (добра) од општ интерес за Републиката.\nСтварите кои врз основа на Уставот или со посебни закони се прогласени за ствари од општ интерес за Републиката можат да бидат предмет на правото на сопственост на државата, односно на физички и правни лица.\nОблиците на сопственост врз градежното, земјоделското и шумското земјиште, пасиштата и водите се уредуваат со посебни прописи.\nСтвари во општа употреба се ствари во државна сопственост кои ги користат сите физички и правни лица.\nЗа стварите во општа употреба се грижи и со нив управува Република Македонија, ако поинаку не е определено со закон.\nСтварите од општ интерес за Републиката уживаат посебна заштита и правата врз нив можат да се ограничуваат согласно со закон.\nСо закон се уредуваат начинот и условите под кои определени ствари од општ интерес во државна сопственост можат да се отстапат на користење на физички и правни лица (концесија).\nГ Л А В А II.\nСОСЕДСКО ПРАВО\nУредување на односите меѓу соседите како\nсопственици на недвижности\nЧлен 17\nСоседско право е заемно и обѕирно вршење на правото на соп¬с¬тве¬ност што го предвидуваат одредбите на овој или друг закон, така што го овластуваат соп¬ственикот на една недвижност, во врска со вршењето на своето право на сопственост да бара од лицето кое е сопственик на дру¬га соседна недвижност, тоа лице во негова полза да трпи, пропушта или да стори нешто што се однесува на неговата недвижност, како и да бара разграничување од соседната недвижност, како што е определено со закон.\nАко со овој или друг закон на сопственикот му се предвидува некое трпење, пропуштање или сторување, заради заемно и обѕирно вршење на правото на сопственост, тогаш сопствениците на другите соседни недвижности кои за тоа имаат оправдан интерес овластени се од него тоа да го бараат како свое право и да го остваруваат во постапка пред суд, ако не е предвиден друг начин на заштита. Исто како и сопстве¬никот овластени се ова да го бараат и оние кои недвижноста ја владеат врз основа на правата изведени од неговото право.\nДопуштено е соседското право да се врши само во мерка и на начин со тоа што помалку да се ограничува, оптоварува или на друг начин да се вознемирува оној сосед којшто нешто треба да трпи, пропушта или стори.\nТоа што е одредено за соседското право на соствениците на зем¬јиштата на соодветен начин се однесува и за сопствениците на другите недвижности, вклучувајќи ги и зградите во етажна сопственост, ако не е во спротивност со закон или со суштината на недви¬жно¬ста.\nМеѓи\nЧлен 18\nМеѓа е заедничка гранична линија со која се разделуваат соседните земјишни парцели.\nАко знаците со кои се воспоставуваат меѓи меѓу две или повеќе недвижности поради каква било причина толку се оштетени, така што тие да не можат да се распознаат, или ако се спорни знаците, тогаш секој од соседите има право да бара судот во постапка за уредување на меѓи да ја воспостави, да ја обнови или да ја исправи меѓата.\nСудот меѓата ја исправа или обновува, според одредбите на постапката за уредување на меѓи.\nОгради\nЧлен 19\nОгради меѓу соседни недвижности (ѕидови, плотови, огради, живи огради и други огради или пречки), како и ствари кои служат како знаци, за меѓи се сметаат за заеднички огради и се во сосопственост на сосе¬дите од двете страни на меѓата, освен ако не се докаже дека се во соп¬ственост на еден од соседите (со посебни знаци, натписи или други дока¬зи).\nНе е делива сосопственоста врз стварите коишто служат како заедничка ограда или знаците кои се определени како меѓа.\nЗаедничката ограда секој од соседите може да ја употребува од својата страна до половина од нејзината ширина, но не смее да прави ни¬што со што оградата би ја довел во опасност и што би ги спречил неговите соседи тие од својата страна да ја употребуваат до половина.\nТрошоците за одржување на заедничката ограда ги сносат нејзините сосопственици на еднакви делови и солидарно одговараат за штетата која на секое трето лице би му била сторена за неодржување на оградата во состојба каква што е вообичаена, со оглед на намената на оградата, на намената на недвижноста и со месните обичаи.\nЧлен 20\nОграда која се наоѓа исклучиво на недвижност на еден сопственик, а е воспоставена за да се раздвои едно земјиште од земјиштето на соседите не е во сосопственост на соседите, туку во сопственост на оној на чие земјиште се наоѓа.\nСекој сопственик може да го загради своето земјиште со ограда ко¬ја се наоѓа исклучиво на неговото земјиште на начин како што е опре¬делено со посебен пропис или пак да не е спротивно со месните оби¬чаи.\nСопственикот е должен да ја одржува во добра состојба својата ограда за да не предизвика да настане штета на соседот, но по правило тој не е должен повторно да го изгради својот срушен ѕид освен ако тоа не е во согласност со став 2 на овој член.\nДрвја на меѓи\nЧлен 21\nСтеблото на дрвото му припаѓа на сопственикот на онаа нед¬вижност од чиешто земјиште израснало дрвото, без оглед каде се надви¬ваат гранките или каде се протегаат корењата на дрвото.\nДрвото коешто израснало на самата меѓа е во сосопственост на соседите на обете страни на меѓите на земјиштето.\nОдредбите од став 1 и 2 од овој член соодветно се применуваат и на други растенија.\nЧлен 22\nНа сопственикот му е дозволено од своето земјиште да истр¬гнува жили и корења на туѓо дрво или растение, како и да ги отсекува или поткаструва гранките на туѓи дрвја, како и дел од стеблото кое се нао¬ѓа во воздушниот простор над неговата недвижност и да ги задржи за себе, или пак да се користи со тие делови на туѓите дрвја.\nСопственикот на соседното земјиште има право да бара надоместок на штета што е причинета од жилите, корењата или гранките на туѓите дрвја, а која не би се случила ако нивниот сопственик постапувал со потребното внимание.\nАко на сопственикот со посебен пропис му е забрането постапување во согласност со став 1 на овој член, му следува право на надоместок на штета од став 2 на овој член.\nВо случај на меѓусебно граничење на шумите одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член не се применуваат.\nВлегување во туѓа недвижност\nЧлен 23\nАко туѓи животни, рој пчели или ствар дојдат на туѓа недвижност нивниот сопственик, односно владетел може во примерен рок да влезе на туѓото земјиште и да си ги земе назад.\nСопственикот на недвижноста може во случај на став 1 од овој член да забрани пристап на својата недвижност, ако туѓите животни, ројот пчели или стварите веднаш ги предаде на нивниот сопственик, односно владетел.\nАко од животните, ројот пчели, или од другите ствари што ќе се најдат на туѓа недвижност или од нивното движење настане штета за сопственикот на недвижноста на кои тие ствари се нашле или префрлиле, или ако сопственикот на недвижноста имал нужни трошоци во врска со тоа, тој има право на надомест на штета и да ја задржи стварта се додека штетата или трошоците не му бидат во целина надоместени.\nУпотреба на туѓа недвижност заради изведување на работи\nЧлен 24\nСопственикот на недвижноста на која е нужно да се извршат работи потребни за нејзина употреба или користење, на негово барање, односно по предлог на надлежниот орган, може привремено да употреби туѓо земјиште заради изведување на работи, поставување на скелиња и слично, ако тоа не може на друг начин да се изведе.\nОној кој што употребил туѓа недвижност за потребите од став 1 на овој член е должен, штом престане потребата за таква употреба, да ја доведе недвижноста во состојба во која се наоѓала пред тоа, а настанатата ште¬та да ја надомести според општите прописи за одговорност за штета.\nЗа употребата на земјиште од став 1 од овој член, по барање на сопственикот на недвижноста, која е привремено употребена, се плаќа правичен надоместок, кој не може да биде помал од оној на кој би имал право ако би била спроведена нецелосна експропријација на неговото земјиште според Законот за експропријација.\nПоставување на вод и други уреди\nЧлен 25\nПоставување на вод и други уреди (електрични, канализациони, водоводни, гасоводни, топловодни, телекомуникациски и други) на туѓа недвижност без согласност на нејзиниот сопственик е можно кога тоа е во јавен интерес утврден со закон, а во интерес на определено лице според одредбите на службеност.\nСоздавање на опасност или штета за соседна недвижност\nЧлен 26\nНе е дозволено сопственикот да го поткопува своето земјиште или на својата недвижност да прави нешто со што би се довела во опасност стабилноста на туѓата недвижност.\nАко не се преземени потребни мерки со кои оправдано може да се очекува дека ќе се отстрани опасноста за стабилноста на неговата недвижност, сопственикот на недвижноста чија стабилност е во опасност може да бара да престанат работите од став 1 на овој член.\nАко мерките од став 2 на овој член не е можно да се спроведат со успех, а притоа да не се поставуваат посебни конструкции на недвижноста чија стабилност е во опасност, нејзиниот сопственик може да бара забрана на дејствијата од кои на неговата недвижност & се заканува опасност за стабилноста.\nСопственикот на недвижноста кој поставил посебни конструкции заради осигурување на стабилноста на туѓа недвижност одговара за секоја штета која би настанала во врска со неа, а одржувањето на тие конструкции во добра состојба во согласност со целта овластен е да бара соседот на чија недвижност & се заканува опасност.\nЧлен 27\nКога постои сериозна опасност нечија зграда или некој друг дел од нечија недвижност целосно или делумно да се урне од што би настанала опасност за соседската недвижност, соседот чијашто недвиж¬ност е во опасност може да бара од оној кому е објектот да ги преземе сите потребни мерки за да се спречи настанувањето на штета, како и да бара осигурување од настанување на идна штета.\nЧлен 28\nСопственикот на недвижност е должен да ги преземе сите потребни мерки дождовницата што се слива од неговата зграда да не паѓа на туѓа недвижност, освен ако сопствениците поинаку не се договориле или ако тоа е во согласност со месните обичаи.\nЗабрана да се менува природен водотек\nЧлен 29\nСопственик на земјиште не смее на штета на друго земјиште да го менува правецот или силината на природниот водотек којшто протекува преку неговото земјиште или тече низ него како подземна вода.\nСопственик на земјиште кое се наоѓа долж потоци, реки и езера, должен е земјиштето да го користи така што нема да го попречува нивниот природен тек, како и да не го загрозува, загадува коритото, брегот и објектите на брегот или покрај брегот и да не го спречува нивното одржување.\nСопственик на земјиште во подолниот тек на водата не смее да создава или поставува препреки со тоа што на неговото земјиште да дотекува вода што природно истекува од земјиштето од погорниот тек на водата, ниту сопственикот од погорниот тек на водата смее своеволно да стори нешто со што во поголема мера би го оптоварил земјиштето од подолниот тек на водата, освен ако поинаку не е определено со закон.\nГЛАВА III.\nПОДОБЛИЦИ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ\nЧлен 30\nКога една проста или сложена ствар е предмет на правото на сопственост на повеќе лица, ова право се јавува како сосопственост, заедничка сопственост или етажна сопственост.\nОддел 1\nСосопственост\nПоим и предмет на правото на сосопственост\nЧлен 31\nСосопственост е сопственост на повеќе лица кои имаат право на сопственост на неподелена ствар на која делот на секој од нив е определен сразмерно според целината (идеален, сосопственички дел).\nКога предмет на правото на сосопственост се плодоносни ствари, плодовите и другите приходи од нив се распоредуваат меѓу сосоп¬стве¬ниците сразмерно на големината на нивните делови, доколку поинаку не е договорено.\nАко сосопственичките делови на неподелената ствар не се определени се претпоставува дека сосопствениците имаат еднакви делови.\nСосопственост може да се заснова и на ствар која се наоѓа во раз¬ли¬чни облици на сопственост (мешана сопственост).\nВршење на правото на сосопственост\nЧлен 32\nСосопственикот има право стварта да ја држи и да ја користи заедно со другите сосопственици сразмерно со својот дел, неповредувајќи ги притоа правата на другите сосопственици.\nСите сосопственици имаат владение врз целата ствар, но тие можат да одлучат меѓусебно да го поделат владенитето врз стварта и извршувањето на сите или на некои сопственички овластувања врз неа.\nСосопственикот може да располага со својот дел без согласност на другите сосопственици. Во случај на продажба на сосопственички дел другите сосопственици имаат право на првенствено купување.\nПраво на првенствено купување\nЧлен 33\nСосопственкот кој има намера да го продаде својот сосопственички дел е должен на другите сосопственици со подавка преку нотар да им го понуди за продажба својот дел и да им ја соопшти цената и условите за продажба.\nАко сосопствениците на стварта на кои им се нуди сосопственичкиот дел од неа не се изјаснат дека ја прифаќаат понудата во рок од 30 дена од соопштението од подавката на став 1 на овој член, сосопственикот може сосопственичкиот дел да го продаде на друго лице.\nКога според условите на понудата цената треба во целост или делумно да се исплати во готово, изјавата за прифаќање може да има дејство само ако сосопствениците кои се согласни да го откупат сосопственичкиот дел во рокот предвиден во став 2 на овој член да му го исплатат на понудувачот целиот износ што според понудата треба да се плати во готово или ако износот го депонираат кај основниот суд или нотар. Ако стварта е подвижна износот се депонира во местото каде што сосопственикот кој го продава својот сосопственички дел (продавачот) има живеалиште, а ако стварта е недвижна износот се депонира во местото каде што се наоѓа недвижноста.\nАко повеќе сосопственици под исти услови сакаат да го купат идеалниот дел од стварта, тогаш тој ќе му се предаде на оној сопственик кој ќе го одреди продавачот.\nЧлен 34\nАко сосопственикот што го продава својот сосопственички дел не им даде понуда на сите сосопственици, во таков случај сосопствениците на кои не им е дадена понудата можат по судски пат да бараат продажбата да се поништи и сосопственикот што го продава својот дел да постапи согласно со одредбите на ставовите 2 и 3 од член 33 на овој закон.\nТужбата за повреда на правото на првенствено купување може да се поднесе во рок од 30 дена од денот кога секој од сосопствениците дознал за продажбата и за условите за продажбата.\nБез оглед на тоа кога сосопствениците дознале за продажбата и за условите за продажбата, тужбата поради повреда на правото на првенствено купување не може да се поднесе по истекот на рокот од шест месеци од запишувањето во јавните книги, ако стварта е недвижна, а ако стварта е подвижна од денот на склучувањето на договорот.\nДоколку сосопственичкиот дел им бил понуден на сосопствениците по повисока цена од онаа по која е извршена продажбата или по потешки услови, или продажбата е прикриена со замена, подарок или на друг начин, тогаш тужбата поради повреда на правото на првенствено купување може да се поднесе во рокот од една година од запишувањето во јавните книги.\nТужителот е должен во рокот за поднесување на тужбата поради повреда на правото на првенствено купување да го депонира износот кај основниот суд или нотар на име на куповната цена, што според склучениот договор стасал за плаќање до денот на поднесувањето на тужбата.\nУправување со стварта\nЧлен 35\nСекој сосопственик заедно со другите сосопственици има право да учествува во одлучувањето за с# она што се однесува на стварта која е во сопственост (право на управување).\nКога некој сосопственик презема дејствија врз сосопственичката ствар без согласност потребна од другите сосопственици, се применуваат правилата за работоводство без налог.\nЧлен 36\nЗа преземање работи за редовно управување со стварта е потребна согласност од сосопствениците чиишто делови претставуваат повеќе од половината на вредноста на стварта.\nАко во случаите од став 1 на овој член не се постигне согласност, а преземањето на работата е неопходно за редовно одржување на стварта, за тоа одлучува судот.\nСекој сосопственик против чија волја мнозинството сосопственици одлучило да преземе некоја редовна правна работа или пак тоа го направил судот, има право да бара обезбедување за идна штета. Мнозинството сосопственици е обврзано да го даде обезбедувањето по правило со давање залог, а со лична гаранција, само ако судот оцени дека давањето на залог е преголем товар за него.\nСудот одлучува за преземање одредена правна работа во вонпарнична постапка доколку не е спорно кои се сосопствениците и колкав е нивниот сосопственички дел.\nЧлен 37\nЗа преземање на работи што ги надминуваат рамките на редовното управување со стварта (отуѓување на целата ствар, промена на намената на стварта, издавање на стварта во закуп, засновање залог, засновање стварни службености, поголеми поправки и преправки и слично) потребна е согласност од сите сосопственици.\nВо случај да не се постигне согласност, соодветно се применува одредбата од член 36 став 2 од овој закон.\nСудот може и да ја раскине сосопственичката заедница доколку постои несогласност меѓу сосопствениците за работи од вонредното управување.\nУправител\nЧлен 38\nСосопствениците можат да му го доверат управувањето на стварта на еден или на повеќе сосопственици или на трето лице (управител), на определено или неопределено време.\nЧлен 39\nАко сосопствениците не можат да се спогодат за овластувањата и должностите на управителот, нив ќе ги определи судот по барање на еден или на повеќе сосопственици, притоа водејќи сметка за интересите на сите сосопственици.\nЧлен 40\nЗа сосопственикот кој ја држи стварта или нејзин дел врз основа на одлука на сосопствениците кои меѓусебно го поделиле владението со стварта и извршувањето на сосопственичките овластувања, се смета дека му е доверено редовно управување врз неа, доколку сите сосопственици поинаку не се договориле.\nЧлен 41\nКога има повеќе управители тие одлучуваат со мнозинство гласови, доколку сите сосопственици поинаку не се договориле.\nЧлен 42\nСосопственикот кој не учествува во управувањето може да бара да му се поднесува периодичен извештај за управувањето.\nЧлен 43\nУправителот е полномошник на сосопствениците и за неговите права, должности и престанување на односот со нив се применуваат соодветните правила од облигационото право, ако со овој закон поинаку не е определено.\nЧлен 44\nУправителот има право на надоместок за вршење на работите на управувањето.\nЧлен 45\nВо случај на редовно управување, управителот е должен да ја спроведува одлуката од сосопствениците чии делови заедно претставуваат повеќе од половината од вредноста на стварта, а при вонредно управување одлуката на сите сосопственици.\nЧлен 46\nАко управителот ги извршува своите должности со крајно невнимание, мнозинството сосопственици чии делови заедно претставуваат повеќе од половината од вредноста на стварта, може да му даде отказ.\nАко сосопствениците имаат по една половина од вредноста, во случај на несогласување одлучува судот во вонпарнична постапка.\nЧлен 47\nСосопствениците кои имаат мнозинство делови можат да му ги откажат овластувањата на управителот поставен на неопределено време со отказен рок од три месеци кој започнува да тече првиот ден од месецот што му следи на отказот.\nАко на управителот, кој е поставен за време подолго од пет години, по истекот на ова време ако управувањето молчеливо му продолжило, сосопствениците кои имаат мнозинство делови можат да му дадат отказ без отказен рок и без постоење на причини за тоа.\nУправителот кој е поставен на неопределено време може да го откаже управувањето со отказен рок од три месеци, а рокот почнува да тече првиот ден од месецот што следи.\nЧлен 48\nКога на управителот ќе му престане овластувањето со одлука на мнозинството сосопственици, тие се должни да преземат с# што е потребно до донесувањето на одлука за понатамошно управување со стварта.\nТрошоци за користење, управување и одржување на стварта\nЧлен 49\nТрошоците на користењето, управувањето и одржувањето на стварта и на товарите што се однесуваат на целата ствар ги поднесуваат сосопствениците сразмерно со големината на нивните делови.\nАко сосопственикот не го плати својот дел од трошоците и од товарот, другите сосопственици можат да бараат наплатата да се изврши од неговиот дел со плодовите и со другите приходи од стварта, а во случај тоа да не е доволно за намирување на трошоците и на товарите или наплатата да биде отежната, можат да бараат наплата од неговиот преостанат имот.\nСекој сосопственик има право во секое време да бара од управителот и другите сосопственици да му бидат положени сметките.\nПраво на делба\nЧлен 50\nСосопственикот има право во секое време да бара делба на стварта, освен во време во кое таа делба би била на штета за другите сосопственици, ако поинаку не е определено со закон.\nПравото од став 1 на овој член не застарува.\nНиштовен е договорот со кој сосопственикот трајно се откажува од правото на делба на стварта.\nСосопствениците можат едногласно да се спогодат определено време да не може да бараат делба.\nСпогодбата произведува правно дејство ако рокот во кој не може да се бара делба не е подолг од пет години.\nСосопствениците можат ваквата спогодба да ја обновуваат.\nДоверителот на кој и да е од сосопствениците може да бара делба и пред истекот на договорениот рок ако не можел да го наплати своето побарување од другиот имот на сосопственикот.\nСпогодбата на сосопствениците за определено време да не можат да бараат делба произведува правно дејство и спрема нивните правни следбеници.\nСосопствениците спогодбено го определуваат начинот на делбата на стварта, а во случај да не може да се постигне спогодба или да не може да се договорат за кое и да е прашање од делбата, секој може да бара за тоа да одлучи судот.\nСосопствениците можат спогодбено да одберат лице кое место нив ќе одлучува за делбата.\nСудска делба\nЧлен 51\nКога делбата ја спроведува судот, тој се раководи од законските одредби, од спогодбата на сосопствениците за начинот на делбата, ако постои спогодба и ако таа е можна и дозволена, како и со правото на делба со исплата во смисла на член 52 од овој закон.\nАко се исполнат условите предвидени во став 1 на овој член, судот подвижните ствари ќе ги дели физички доколку се деливи, а недвижните со нумерички податоци за недвижностите.\nВо случај на делба на недвижноста доколку е тоа нужно за користење на еден или повеќе делови на недвижноста судот може да заснова службеност или реален товар на другите делови од недвижноста.\nЗа делба по судски пат одлучува судот во вонпарнична постапка, ако поинаку не е определено со закон.\nЧлен 52\nСосопственикот има право на делба со исплата ако тоа е посебно пре¬двидено со закон или со правно дело, или ако сосопственикот пока¬же дека постојат сериозни причини стварта да му припадне во целина. Су¬¬дот во тој случај ќе нареди стварта да му припадне на тој сосоп¬ственик, а тој на другите сосопственици ќе им ја исплати вредноста на нивните делови, во рок кој според околностите ќе го определи судот.\nВо случајот од став 1 на овој член сосопствениците имаат заложно право на стварта до исплатата што му припаднала на сосопственикот кој ја барал делбата со исплата. Ако сосопственикот од став 1 на овој член не ги исплати сосопствениците во определениот рок, тие можат да бараат исполнување на одлуката на судот за исплата или наплата од вредноста на залогот.\nЧлен 53\nКога сосопствениците истовремено имаат право на сосопственост на повеќе ствари, судот може на барање на било кој од нив да одлучи наместо да се дели секоја ствар одделно на сите, на секој од нив да им припадне определена ствар или збир од ствари, сразмерно на нивните сосопственички делови, земајќи ги предвид нивните потреби.\nАко стварите што со оваа делба му припаднале на сосопственикот ја надминуваат вредноста на неговиот сосопственички дел, тогаш тој е должен да ја доплати разликата на другите сосопственици.\nНа доплатата се применуваат на соодветен начин правилата за правото на делба со исплата (член 52).\nЧлен 54\nНа сосопственикот кому со делбата му припаднала ствар или дел од ствар другите сосопственици му гарантираат за правните и физичките недостатоци на стварта во границите на вредноста на нивните сосопственички делови. Ова право се гасне по протекот на време од три години од делбата на стварта.\nЧлен 55\nАко сосопствениците при физичката делба не можат да добијат еднакви делови што одговараат на идеалниот дел, во тој случај судот може да определи доплата во пари според пазарната цена во време на донесувањето на судската одлука, за сметка на другите сосопственици.\nЧлен 56\nКога физичката делба не е можна или е можна само со значително намалување на вредноста на стварта, судот ќе одлучи да се изврши делба со јавна продажба.а:\nСосопственикот на ствар што е предмет на делба со јавна продажба има право на првенствено купување пред најповолниот понудувач ако веднаш по заклучувањето на јавната продажба изјави дека стварта ја купува под исти услови.\nАко стварта се продава со непосредна спогодба, судот ќе ги повика сосопствениците во записник пред судот да изјават дали сакаат да го користат тоа право.\nКога повеќе сосопственици сакаат да ја купат целата ствар пред најповолниот понудувач на јавната продажба, судот ќе одлучи таа да се додели на оној кој што ќе понуди најдобри услови.\nВо случај повеќе сосопственици на јавната продажба да предложат исти услови, судот стварта ќе ја продаде на еден од нив, водејќи сметка за околностите на случајот.\nНа јавната продажба соодветно се применуваат одредбите од Законот за извршната постапка.\nЧлен 57\nПри физичка делба на станови и на станбени згради кои претставуваат физичка целина, судот може да одлучи, во согласност со градежните прописи, да се извршат внатрешни или надворешни преправки со цел секој сосопственик да добие соодветен посебен дел.\nВо случај од став 1 од овој член соодветно се применуваат правилата за етажна сопственост.\nСторените трошоци за преправките ги плаќаат сосопствениците сразмерно на својот дел.\nЧлен 58\nТрошоците на делбата ги сносат сосопствениците сразмерно на нивните сосопственички делови, ако со спогодба или поинаку не е определено со закон.\nОддел II\nЗаедничка сопственост\nОпшти одредби\nЧлен 59\nЗаедничка сопственост е сопственост на повеќе лица на неподелена ствар кога нивните делови се определиви, но не се однапред определени.\nЗаедничката сопственост постои во случај на стекнување имот во брачна заедница, во вонбрачна заедница, во случај на здобивање имот во наследничка заедница, во семејна заедница и во други случаи определени со закон.\nКога стварта е во заедничка сопственост на тоа нема влијание фактот што во јавната книга таа е запишана како сопственост само на некој од нив, но тоа не ги засега правата на трети лица кои тоа не го знаеле и не биле должни да го знаат.\nЧлен 60\nЗаедничарот може својот дел во заедничката сопственост да го пренесе само на друг заедничар на истата ствар, а не може полноважно да го пренесе на трето лице надвор од заедничарите.\nДелот што заедничарот го има во заедничката сопственост на стварта преминува на неговите наследници.\nЗа долговите заедничарот одговара и со својот дел во заедничката сопственост на стварта.\nЧлен 61\nЗаедничарот ги врши овластувањата во поглед на заедничката ствар само заедно со другите заедничари, ако со договор меѓу нив или со овој или друг закон поинаку не е определено.\nПлодовите и другите користи од заедничката ствар им припаѓаат на сите заедничари еднакво, доколку меѓу себе поинаку не се договориле.\nТрошоците и товарите што се однесуваат на заедничката ствар заедничарите ги поднесуваат рамноправно и солидарно.\nСекој заедничар има право да бара во јавната книга да се запише правото на сопственост на стварта во корист на сите заедничари како нивна заедничка сопственост.\nЧлен 62\nСекој заедничар има право да учествува во решавањето на сите прашања што се однесуваат на стварта, која е во заедничка сопственост (управување со заедничката ствар) заедно со другите заедничари.\nЗаедничарите можат управувањето да го доверат на управител.\nПраво на утврдување на дел во заедничка ствар\nЧлен 63\nСекој заедничар може да бара утврдување на делот во заед¬ни¬ч¬ка¬та ствар, ако такво утврдување е допуштено и можно. Ова право не застарува.\nСекој заедничар може да бара во секое време во заедничката ствар да се утврдат деловите, така што ќе се определи колкав дел му припаѓа на заедничарот за неговиот дел во заедничката сопственост. Со определувањето на неговиот дел тој станува сосопственик со другите кои остануваат заеднички сопственици с# додека нивните делови не се определат.\nДоколку некој или некои од заедничарите сакаат нивниот дел да се утврди во заедничката ствар, тоа може да се стори со договор или со одлука на судот во вонпарнична постапка. Во таков случај другите заедничари го задржуваат својството на заедничар.\nКога судот решава за големината на сосопственичкиот дел тој тргнува во основа од критериумите кои се определени со закон за односниот случај на заедничката сопственост. Во случај на сомневање судот ќе смета дека сите заедничари имаат еднакви делови.\nПри утврдување на деловите ќе се земат предвид и оние делови во заедничката сопственост кои некои заедничари полноважно им ги отстапиле на другите.\nЧлен 64\nПраво да бараат да се утврди колкав сопственички дел му припаѓа на определен заедничар на име негов дел во заедничката сопственост на стварта имаат:\n- доверителите во однос на делот на нивниот должник;\n- наследниците во однос на делот на оставината и\n- секој во однос на делот на секој заедничар, ако за тоа има правен интерес.\nЧлен 65\nНа заедничката сопственост се применуваат соодветно одредбите на овој закон за сосопственост.\nОтсек 1\nЗаедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница\nСтекнување имот во брачна заедница\nЧлен 66\nИмотот на брачните другари може да биде заеднички и посебен.\nЧлен 67\nИмотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот.\nЧлен 68\nИмотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот претставува негов посебен имот.\nКако посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не преставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот.\nСекој брачен другар самостојно управува и располага со посебниот имот, доколку брачните другари во писмена форма поинаку не се договорат.\nЧлен 69\nПравото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се нивен заеднички имот во смисла на член 67 од овој закон се запишува во јавните книги на името на двајцата брачни другари како нивен заеднички имот.\nАко во јавните книги како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари.\nАко во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како сосопственици на определени делови, ќе се смета дека на тој начин ги утврдиле деловите во заедничкиот имот.\nЧлен 70\nБрачните другари заеднички и спогодбено управуваат и располагаат со заедничкиот имот.\nСо својот дел во заедничкиот имот пред тој да се определи брачниот другар не може самостојно да располага ниту да го товари со правно дело меѓу живите.\nПри продажба на определен дел од заедничкиот имот кој му припаѓа на едниот брачен другар се применуваат правилата за првенствено купување на сосопствениците.\nЧлен 71\nБрачните другари во писмена форма можат да се договорат управувањето и располагањето со заедничкиот имот или со дел од него да го врши едниот од нив.\nДоговорот може да се однесува на сите работи на управување и располагање или само на редовното управување или на точно определени работи.\nКога не е поинаку договорено, управувањето опфаќа и располагање во рамките на редовното работење.\nСекој брачен другар може да го раскине договорот за управување или располагање со заедничкиот имот во секое време, освен кога со раскинувањето очигледно му се нанесува штета на другиот брачен другар.\nЧлен 72\nВо вршењето на работите кои ги надминуваат рамките на редовното управување, односно располагање со имотот, потребна е согласност на другиот брачен другар изразена во форма која се бара за соодветното правно дело.\nЧлен 73\nАко за управувањето со заеднички имот или за одделна работа во врска со управувањето, брачните другари не можат да се спогодат, а ниту еден од нив не бара утврдување на деловите на заедничката сопственост, судот во вонпарнична постапка може по предлог на еден од брачните другари да определи потребни мерки кои се однесуваат на управувањето.\nЧлен 74\nЗа време на траењето и по престанокот на бракот брачните другари можат спогодбено да го поделат заедничкиот имот.\nСо делба на заедничкиот имот на брачните другари настанува режим на посебен имот.\nЧлен 75\nАко не дојде до спогодба, делбата на заедничкиот имот, на барање на еден од брачните другари, судот ја врши во вонпарнична постапка.\nПри утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот имот, судот тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови.\nПо барање на еден од брачните другари, судот може да му определи поголем дел од заедничкиот имот, ако тој докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар.\nЧлен 76\nПри делбата на заедничкиот имот, по барање на брачниот другар, во неговиот дел првенствено ќе се внесат оние ствари од заедничкиот имот кои служат за вршење на неговата дејност.\nОд задничкиот имот ќе се издвојат и ќе му се предадат на брачниот другар, покрај неговиот дел и оние ствари стекнати со работа во текот на брачната заедница кои служат исклучиво за негова лична употреба.\nАко вредноста на стварите од ставовите 1 и 2 на овој член е несразмерно голема во однос на вредноста на сиот заеднички имот, ќе се изврши делба и на тие ствари, освен ако брачниот другар кој овие ствари би требало да ги добие, не ја надомести на другиот брачен другар соодветната вредност или на другиот брачен другар со негова согласност, не му отстапи други ствари.\nЧлен 77\nНа брачниот другар кому му се доверени заедничките деца на чување и воспитување, му се доделуваат во сопственост, покрај неговиот дел и стварите кои им служат на децата или се наменети само за нивна непосредна употреба.\nПри делбата на заедничкиот имот на брачниот другар кому се доверени заедничките деца на чување и воспитување му се доделуваат и оние предмети за кои е очигледно дека е во интерес да бидат во имот и во сопственост на брачниот другар кому децата му се доверени.\nЧлен 78\nАко при делбата на заедничкот имот се утврди дека на еден од брачните другари му припаѓа значително помал дел судот може на барање на еден од брачните другари да определи тој дел да му се надомести во пари.\nЧлен 79\nЗа обврските што еден брачен другар ги имал пред склучувањето на бракот, како и за личните обврски што ќе ги прими по склучувањето на бракот, не одговара другиот брачен другар.\nБрачните другари одговараат солидарно за обврските што едниот брачен другар ги примил спрема трети лица за намирување на тековните потреби на брачната заедница, како и за обврските што според општите прописи ги товарат двата брачни другари.\nБрачниот другар кој од својот посебен имот ја исполнил солидарната обврска има право да бара другиот брачен другар да му го надомести делот на обврската што паѓа на него.\nЧлен 80\nПодароците што брачните другари си ги дале еден на друг пред склучувањето на бракот или во текот на бракот не се враќаат.\nСтекнување имот во вонбрачна заедница\nЧлен 81\nИмотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот.\nВо поглед на управувањето и располагање утврдувањето на деловите на имотот стекнат во вонбрачната заедница и при делбата на имотот во вонбрачната заедница соодветно се применуваат одредбите на овој закон за заедничкиот имот на брачните другари.\nОтсек 2\nЗаедничка сопственост во наследничка заедница\nЧлен 82\nНаследниците што не се откажале од наследството, до правосилноста на решението за наследување, се заедничари.\nЧлен 83\nНаследникот одговара за долговите на оставителот до висината на вредноста на наследениот имот.\nНаследникот кој се откажал од наследството не одговара за долговите на оставителот.\nКога има повеќе наследници тие одговараат солидарно за долговите на оставителот и тоа секој до висината на вредноста на својот дел од наследениот имот, без оглед на тоа дали е извршена делба на наследството.\nМеѓу наследниците долговите се делат сразмерно со вредноста на имотот што секој од нив го наследил, ако со тестаментот поинаку не е определено.\nЧлен 84\nДоверителите на оставителот можат да бараат во рок од три месеци од отворањето на наследството оставината да се оддели од имотот на наследникот.\nВо тој случај наследникот не може да располага со предметите и правата од оставината ниту неговите доверители можат од нив да се наплатат, додека не се наплатат доверителите кои барале одделување.\nДоверителите на оставителот кои го барале ова одделување можат да ги наплатат своите побарувања само од средствата на оставината.\nНа одделената оставина судот може да и постави старател.\nЧлен 85\nДо донесувањето на решението за наследување, наследниците го користат и управуваат со наследството заеднички.\nАко нема извршител на тестаментот, а наследниците не се согласат за управување со наследството, судот по барање на еден од нив, ќе постави управител кој за сите нив ќе управува со наследството, или ќе му определи на секој наследник дел од наследството со кој тој ќе управува.\nЗа управител судот може да постави и некој од наследниците.\nУправителот може со одобрение од судот да располага со стварите од оставината, ако е за тоа овластен со тестаментот, или ако тоа е потребно заради исплата на трошоците или за отстранување на некаква штета.\nЧлен 86\nСекој од наследниците за време на траењето на наследничката заедница има право на првенствено купување на делот од другите наследници.\nЧлен 87\nПо правосилноста на решението за наследување, на користењето и располагањето на наследството кое не е физички поделено меѓу наследниците, се применуваат прописите на граѓанското право за односите меѓу сосопствениците.\nЧлен 88\nДелба на наследството може да бара секој наследник во секое време. Ова право не може да застари.\nНиштовен е договорот со кој наследникот се откажува од правото да бара делба, како и одредбата од тестаментот со која делбата се забранува или се ограничува.\nЧлен 89\nПо барање на наследникот кој живеел или стопанисувал во заедница со оставителот судот, кога за тоа постои оправдана потреба, ќе одлучи да му се остават одделни ствари, подвижни или недвижни или група ствари што би припаднале во делот на другите наследници, а вредноста на тие ствари да им ја исплати тој во пари, во рокот што ќе го определи судот според околностите.\nЗа така определениот износ овие наследници до исплатата имаат законски залог на деловите што му се доделени на наследникот од оставината, кој е должен да им ја изврши исплатата. Овој залог може да се регистрира во соодветен заложен регистар.\nАко исплатата не им е извршена во рокот, тие имаат право да бараат наплата на своето побарување или предавање на стварите кои инаку би им припаднале на име наследен дел.\nЧлен 90\nНа секој наследник неговите сонаследници му одговараат по силата на Законот ако некое трето лице, повикувајќи се на некое право засновано пред делбата, би му одзело ствар што е ставена во неговиот наследен дел, или ако инаку би му го намалило неговото право.\nСонаследниците гарантираат дека стварите ставени во неговиот дел немаат скриени недостатоци.\nСонаследниците, исто така, гарантираат дека побарувањето на оставителот ставено во делот на еден наследник постои и дека ќе може да се наплати од наследникот до износот што му е ставен во делот.\nОбврската за лична гаранција за постоење и наплатливост на побарувањето трае три години по завршената делба, а за побарувањата што пристигнуваат по делбата три години од пристигнувањето на обврската.\nВо сите случаи на гаранција според овој член секој наследник гарантира и долгува надоместок сразмерно со својот наследен дел.\nЧлен 91\nЛицата што живееле во заедница со оставителот и со својот труд, заработка или на друг начин му помагале во стопанисувањето, имаат право да бараат од оставината да им се издвои делот кој одговара на нивниот придонес во зголемувањето на вредноста на имотот на оставителот.\nИздвоениот дел од оставината од став 1 на овој член не спаѓа во оставината, не се зема предвид при пресметувањето на нужниот дел, ниту му се засметува на наследникот во неговиот наследен дел.\nОтсек 3\nЗаедничка сопственост во семејна заедница\nЧлен 92\nВо семејна заедница секој член, освен брачните другари и вонбрачните другари, стекнува право на сопственост на стварите за себе (посебен имот), освен ако поинаку не се договорат или ако тоа не произлегува од околностите на случајот.\nЧлен 93\nКога е договорено правото на сопственост на стварите во семејната заедница да се стекнува за повеќе членови или кога тоа произлегува од околностите, големината на делот на секој член се утврдува согласно со договорот.\nАко за тоа нема посебен договор, големината на делот на секој член се утврдува врз основа на придонесот на членовите кои учествувале во стекнувањето на правото на сопственост, зависно од вложениот труд, заработувачката, водењето на домашните работи, грижата за одржување на имотот и секоја друга форма на работа и соработка во неговото управување, одржување и зголемување.\nЧлен 94\nВо семејната заедница, по правило, не може да стекнува имот дете кое не навршило 15 години од животот.\nОддел 3\nЕТАЖНА СОПСТВЕНОСТ\nПраво на сопственост врз посебните делови од згради\n(предмети и носители)\nЧлен 95\nСтанови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови можат да бидат во сопсвеност на различни физички или правни лица (етажна сопственост).\nНа посебен дел од зграда може да постои сосопственост врз идеални делови од посебните станови и другите посебни делови од зграда.\nПрава и должности на сопствениците на посебните делови\nво однос на тие делови\nЧлен 96\nСопственикот на посебен дел од зграда има право по своја волја да го користи својот посебен дел од зградата и со него слободно да располага, како и со споредните делови кои му служат на неговиот дел од зградата (визба, гаража и слично).\nЧлен 97\nАко посебниот дел од зградата е во сосопственост на две или повеќе лица (идеални делови), сосопственикот којшто сака да го продаде својот дел, должен е да го понуди на другиот сосопственик, односно другите сопственици.\nДоколку посебниот дел од зграда е деловна просторија, право на првенствено купување со сопственикот има и закупецот.\nВо случај од ставовите 1 и 2 на овој член продавачот е должен понудата за продажба на својот сосопственички дел од посебниот дел од зградата со означување на цената и условите за продажба да ја поднесе до другиот сосопственик, односно закупецот. Ако зградата има куќен совет, понудата се дава преку куќниот совет, кој е должен за понудата да ги извести заинтересираните сосопственици, односно закупците на посебниот дел од зградата во рок од три дена од добивањето на понудата.\nИзјавата за прифаќање на понудата се поднесува непосредно на продавачот во рок од 30 дена од денот на добивањето, односно истекнувањето на понудата.\nДоколку во рокот од став 4 на овој член понудата не биде прифатена од сосопственикот, односно од сосопствениците на посебниот дел од зградата, продавачот може својот дел да го продаде на друго лице под условите наведени во понудата или за повисока продажна цена.\nКога според условите на понудата цената треба во целост или делумно да се исплати во готово, изјавата за прифаќање на понудата има правно дејство само ако во рокот од став 3 од овој член на понудувачот или кај основниот суд или нотарот на чије подрачје се наоѓа зградата биде исплатен односно депониран целиот износ што според понудата треба да се исплати во готово.\nВо случај понудата за продажба на сосопственичкиот дел на посебиот дел од зградата да биде прифатена од повеќе сосопственици, односно закупци на тој дел, продажбата ќе се оствари согласно со член 33 од овој закон.\nВо случај кога сосопственикот кој го продава својот дел не им даде понуда на сосопствениците, односно закупците, продажбата ќе се поништи и ќе се постапи согласно со одредбите на член 34 од овој закон.\nЧлен 98\nСопственикот е должен да се грижи за одржувањето на својот дел од зградата.\nАко при користењето на својот дел од зградата сопственикот причинил штета на други делови од зградата што се во сопственост на други лица или со тоа се создаваат други пречки на деловите од зградата што се во нејзина функција како целина или на нејзини делови кои претставуваат посебна целина, тој е должен да ја надомести таа штета, односно да ги отстрани другите пречки кои се создаваат.\nСопственикот не може во својот дел да врши преправки што би можеле да го нарушат архитектонскиот лик на зградата или да ја намалат нејзината сигурност (стабилност), односно стабилноста на некој заеднички дел од зградата или на друг сопственик, како и на тие делови да им нанесе штета.\nЧлен 99\nСопственикот на посебен дел е должен да дозволи во неговиот дел од зградата да се извршат нужни интервенции поради отстранување на пречки при користењето на правото на сопственост на друг дел на зградата или на делови од зградата што се во функција на зградата како целина со тоа што направените штети поради таа интервенција мораат да му се надоместат на овој сопственик.\nЧлен 100\nПри отуѓување на гаража што се наоѓа во составот на зградата или на градежното земјиште што на зградата & служи како целина или само на некои делови од зградата, во случај кога отуѓувањето се врши одделно од отуѓувањето на станот, првенствено право на купување имаат сопствениците на становите како посебни делови од зградата, а по нив закупците на становите во истата зграда.\nВо случајот од став 1 на овој член не може да се изврши продавање гаража на лице кое не користи стан во таа зграда под услови поповолни од оние што се понудени на сопствениците на становите како посебни делови од зградата, односно на закупците на становите во таа зграда.\nПродавачот е должен понудата за продажба да ја поднесе преку куќниот совет, доколку има совет, односно да ја изнесе на јавен увид на сопствениците на становите.\nИзјавата за прифаќање на понудата се поднесува директно до продавачот во рок од 30 дена од денот на истакнувањето на понудата.\nАко понудата во дадениот рок не биде прифатена од никого, продавачот може гаражата да ја продаде на друго лице под условите наведени во понудата или по повисока цена.\nЗаинтересираното лице кое сака да ја купи гаражата должно е во рокот во кој треба да ја даде изјавата за прифаќање на понудата да ја исплати цената во готово или да депонира износ во судот, односно кај нотар.\nВо случај ако понудата за продавање на гаража биде прифатена од повеќе сосопственици, односно закупци на посебните делови од зградата, продавачот самостојно одлучува кому ќе ја продаде гаражата.\nАко сопственикот ја продаде гаражата спротивно на одредбите на овој член носителот на првенственото право на купување има право по судски пат да побара договорот за продажба да се поништи и гаражата да му биде понудена нему под исти услови. Тужбата треба да се поднесе во рок од 30 дена од дознавањето на продажбата. Тужителот со поднесувањето на тужбата е должен да го положи износот на куповната цена до судот на чие подрачје се наоѓа зградата. По истекот на шест месеци од извршениот пренос на сопственоста во јавните книги, правото на подигање на тужба за поништување на продажбата престанува.\nЧлен 101\nСтан, дел од стан, помошна станбена и заедничка просторија врз основа на проектна документација може да се пренамени за вршење на деловна дејност по барање на сопственикот на тој дел од зградата, ако со тоа не се загрозува безбедноста на граѓаните во зградата, ако не & се нанесува штета на зградата и ако не се оневозможуваат другите корисници во мирното користење на становите, по претходна согласност на мнозинството сопственици на становите, односно на деловните простории во зградата, односно на влезот во зградата.\nОдобрението за пренамена го издава надлежниот орган.\nПрава и должности на сопствениците на посебните делови од зградата во однос на заедничките делови, на зградата како целина\nЧлен 102\nСо зградата чии делови се во сопственост на повеќе лица управуваат сопствениците на посебните делови на начин определен во овој закон и согласно со договорот за заемни односи склучен меѓу нив, доколку со посебни прописи поинаку не е определено.\nЧлен 103\nДоговорот за заемни односи особено содржи одредби за:\n- управувањето со зградата,\n- начинот, условите и редот на користењето на заедничките простории и уреди во зградата,\n- висината на износите и начинот на плаќањето на трошоците за инвестиционо одржување на заедничките делови на зградата што е во етажна сопственост и\n- куќниот ред на зградата.\nЧлен 104\nДоговорот за заемни односи мора да биде составен во писмена форма и потпишан од сите сопственици на посебните делови на зградата.\nДоговорот што не е составен во писмена форма нема правно дејство.\nДоговорот од став 1 на овој член што го склучиле повеќе од половината на сопственици на посебните делови од зградата задол¬жи¬те¬лно се применува и на другите сосопственици на посебните делови од таа зграда, доколку во рок од 30 дена договорот не биде оспорен.\nПо спорот од став 3 на овој член одлука донесува судот во вонпарнична постапка. Одлуката на судот го заменува договорот за заемни односи во оспорениот дел.\nЧлен 105\nПравниот следбеник на сопственикот на посебниот дел од зградата стапува во правата и обрските на својот претходник што се утврдени со договорот за заемни односи.\nЧлен 106\nДоговорот за заемни односи може да се менува со писмена согласност на сопствениците на посебните делови, на чии права се однесува таа измена.\nВо случај на измени и дополнувања на договорот за заемни односи се применуваат одредбите од член 104 од овој закон.\nЧлен 107\nНа заедничките делови од повеќестанбена зграда што се во состав на зградата како целина (темели, главни ѕидови, таван, фасада, скали, ходници, стан наменет за домарот, лифтови, електрична, канализациона, водоводна и телевизиска мрежа, телевизиски антени, бунари, простории за перење и сушење на облека, покрив, визба, уреди за затоплување, светларници, оџаци и слично) право на користење имаат сите сопственици на посебните делови.\nНа заедничките делови што се во функција само за некои посебни делови од зградата (посебна влезна врата, преградни ѕидови меѓу два стана или простории и слично), право на користење имаат сопствениците на тие посебни делови.\nДеловите од станбената зграда што се во функција на зградата како целина или само на некои нејзини делови се користат како заедничка и неделива сопственост на сите сопственици на посебните делови, односно на сопствениците чии делови се во нивна функција.\nЧлен 108\nСите сопственици на посебните делови од зградата имаат право на наменско користење на земјиштето на кое е подигната зградата, односно кое е во состав на зградата.\nСопственик на посебен дел од зградата не може да го користи земјиштето што е во состав на зградата како целина или на нејзините посебни делови на начин на кој на другите сопственици им го ограничува нормалното користење на тоа земјиште.\nЧлен 109\nСопствениците на посебните делови се должни да учествуваат во тековното и инвестиционото одржување на заедничките делови од зградата сразмерно со вредноста на нивните посебни делови според вкупната вредност на целата зграда, а ако заедничките делови се во функција само на некои делови од зградата сразмерно со вредноста на тие делови според вкупната вредност на оној дел од зградата во кој се наоѓаат тие делови.\nЧлен 110\nПоправките и преправките на деловите од зградата што се во функција на зградата како целина, можат да се вршат врз основа на договорот за заемни односи, а ако не е склучен таков договор врз основа на непосредна спогодба на мнозинството сопственици на деловите од зградата. Поправките и преправките на деловите на зградата што се во функција само на определени делови од зградата (влезови), се вршат врз основа на согласност на мнозинството сопственици на тие делови од зградата.\nАко меѓу сопствениците не дојде до согласност, односно ако некој од нив не се согласи со потребата за поправките, односно преправките, надлежниот суд по предлог на заинтересираниот сопственик, односно на сопствениците, ќе одлучи во вонпарнична постапка дали да се извршат тие поправки, односно преправки, водејќи сметка за нивната оправданост. Во случај на позитивно решение судот ќе одлучи во кој размер сопствениците ќе ги намират трошоците, водејќи сметка и за тоа на кои посебни делови и во која мера во прв ред им се потребни поправките, односно преправките што треба да се извршат.\nЧлен 111\nСопственик на посебен дел од зграда, чие постојано место на живеење не е во местото каде се наоѓа станбената зграда, должен е да овласти лице како полномошник кое има постојано место на живеење во местото каде што се наоѓа зградата за вршење на правата што произлегувааат од овој закон.\nОвластувањето мора да биде во писмена форма.\nСопственикот на станот е должен да го извести куќниот совет, доколку постои, за лицето што го овластил да го застапува.\nИзвестувањето треба да се изврши во рок од 30 дена од денот на определувањето на полномошник. Доколку сопственикот не определи свој полномошник, куќниот совет, односно сопственичката заедница, ќе определи лице коешто ќе ги врши правата и обврските на сопственикот во однос на управувањето со зградата.\nГЛАВА IV\nСТЕКНУВАЊЕ, ЗАШТИТА И ПРЕСТАНОК НА\nПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ\nСтекнување на правото на сопственост\nПравни основи на стекнување\nЧлен 112\nПраво на сопственост се стекнува според закон врз основа на правна работа и со наследување.\nПраво на сопственост се стекнува и со одлука на надлежен државен орган, на начин и под услови определени со закон.\nОддел 1\nСтекнување врз основа на закон\nЧлен 113\nСпоред закон правото на сопственост се стекнува со создавање нова ствар, со мешање и спојување, со градење на земјиште, со одржување, со одвојување на плодовите, со стекнување сопственост од несопственик, со окупација, со припојување и таложење, со промена на корито на водотек и создавање на остров и во други случаи определени со закон.\nСоздавање на нова ствар\nЧлен 114\nЛицето што ќе изработи од свој материјал со свој труд нова ствар, стекнува право на сопственост на таа ствар.\nПравото на сопственост на новата ствар му припаѓа на сопственикот од чиј материјал, врз основа на правна работа, стварта ја изработило друго лице.\nАко некој од туѓ материјал изработил со свој труд нова ствар, таа му припаѓа нему, ако е совесен и ако вредноста на трудот е поголема од вредноста на материјалот, но тој е должен да ја надомести вредноста на материјалот, а ако вредностите се еднакви настанува сосопственост.\nМешање и спојување\nЧлен 115\nКога стварите што им припаѓаат на разни сопственици се измешани или споени, така што не можат да се раздвојат без значителна штета или без несразмерни трошоци, на новата ствар настанува право на сосопственост во корист на дотогашните сопственици и тоа сразмерно со вредноста што одделни ствари ја имале во моментот на мешањето или спојувањето.\nАко некој од сопствениците бил несовесен, совесниот сопственик може да бара, во рок од една година од денот на мешањето или спојувањето на стварите, целата ствар да му припадне во сопственост или истата ствар да му припадне на несовесниот сопственик, а тој да му ја надомести вредноста на неговата ствар.\nАко од двете измешани или споени ствари едната има незначителна вредност во однос на другата, сопственикот на другата ствар стекнува право на сопственост на новата ствар со обврска да му ја надомести вредноста на лицето кое со тоа го загубило правото на сопственост на стварта.\nГрадење на земјиште\nГрадење на сопствено или на туѓо земјиште\nсо согласност на сопственикот на земјиштето\nЧлен 116\nСопственик на земјиште предвидено со закон или врз основа на закон за градежни објекти, стекнува право на сопственост и на градежниот објект кој го изградил на земјиштето согласно со градежните прописи и со запишување на правото во јавните книги за запишување на правата на недвижностите.\nГрадителот на градежниот објект со согласност на сопственикот на земјиштето, стекнува сопственост врз објектот под условите од став 1 на овој член.\nГрадење на туѓо земјиште без согласност на сопственикот\nСовесен градител, а сопственикот знаел за градбата\nЧлен 117\nЛице кое врз основа на одобрение од надлежен орган ќе изгради зграда или друга градба (градежен објект) на земјиште на кое друг има право на сопственост без негова согласност, стекнува право на сопственост и на земјиштето на кое е изграден градежниот објект, како и на земјиштето што е во функција на објектот за редовна употреба, ако не знаело ниту можело да знае дека гради на туѓо земјиште, а сопственикот на земјиштето знаел за градбата и не се спротивставил веднаш.\nОдредбата од став 1 на овој член ќе се применува на ситуации кога ќе се утврди дека одобрението за градба е дадено врз основа на неверодостојна исправа за правото на сопственост на земјиште што подоцна ќе се утврди.\nВо случајот од став 1 на овој член сопственикот на земјиштето има право за време од три години од денот на дознавањето за извршената изградба, но најдоцна за време од десет години од завршената изградба, да бара градителот да му ја надомести вредноста на земјиштето во висина на пазарна цена во време на донесувањето на судската одлука.\nНесовесен градител и совесен сопственик\nЧлен 118\nАко градителот, иако имал одобрение за градба, но знаел или можел да знае дека исправата за правото на сопственост на земјиштето не е веродостојана, гради на туѓо земјиште, а сопственикот веднаш се спротивставил на тоа, сопственикот на земјиштето може да бара да му припадне правото на сопственост на градежниот објект или градителот да го сруши изградениот објект и да му го врати земјиштето во првобитна состојба или градителот да му ја исплати прометната цена на земјиштето.\nПо исклучок од одредбата од став 1 од овој член, судот може да одлучи изградениот градежен објект да не се сруши, ако рушењето на градежниот објект со оглед на околностите на случајот, а посебно на вредноста на објектот, имотните прилики на сопственикот на земјиштето и на градителот, како и на нивното однесување во текот на градбата, не би било општествено оправдано.\nВо случаите од став 1 на овој член сопственикот на земјиштето има право и на надоместок на штета.\nАко сопственикот на земјиштето бара да му припадне правото на сопственост на градежниот објект, должен е на градителот да му ја надомести вредноста на објектот во висина на градежната цена на објектот во местото во кое се наоѓа во време на донесувањето на судската одлука.\nПравото на избор од став 1 на овој член сопственикот на земјиштето може да го оствари најдоцна во рок од три години од денот на завршувањето на изградбата на градежниот објект. По истекот на овој рок сопственикот може да бара исплата на пазарна цена на земјиштето во време на донесување на судската одлука, а најдоцна за време од десет години од завршената изградба.\nГрадителот совесен, а сопственикот не знаел за градбата\nЧлен 119\nАко градителот е совесен, во смисла на одредбите од член 117 ставови 1 и 2 од овој закон, а сопственикот на земјиштето не знаел за изградбата, во случај кога вредноста на градежниот објект е значително поголема од земјиштето, градежниот објект заедно со земјиштето му припаѓа на градителот, а тој за земјиштето му должи на сопственикот надоместок според пазарна цена на земјиштето.\nАко вредноста на земјиштето е значително поголема судот, по барање на сопственикот на земјиштето, градежниот објект ќе му го досуди нему и ќе го обврзе да му ја надомести на градителот градежната вредност на објектот според градежната цена на објектот во местото во кое се наоѓа. Ова барање сопственикот може да го поднесе во рок од три години од денот на завршувањето на изградбата на градежниот објект.\nАко градителот е совесен, а сопственикот на земјиштето не знаел за изградбата, во случај кога вредноста на градежниот објект и вредноста на земјиштето е приближно еднаква, градежниот објект, односно градежниот објект и земјиштето, судот ќе му го досуди на сопственикот на земјиштето или на градителот, водејќи сметка за нивните потреби, а посебно за нивните станбени прилики.\nНа сопственикот на земјиштето, односно на градителот му припаѓа надоместок за земјиштето, односно за градежниот објект според одредбата на став 1 од овој член.\nГрадење врз основа на туѓо право на градење\nЧлен 120\nКога е градителот гради на земјиште на кое право на градење има друго лице, тогаш градителот, односно имателот на правото на градење во однос на стекнувањето право на сопственост на градбата и земјиштето се применуваат одредбите од членовите 117 до 119 на овој закон.\nГрадење без одобрение за градба\nЧлен 121\nНа градежен објект изграден без одобрение за градење градителот со самата градба не стекнува сопственост, а до легализација или рушење на тој објект врз основа на одлука на надлежен орган ужива соодветна судска заштита која му припаѓа на сопственик, ако со закон поинаку не е определено.\nГрадителот на објектот од став 1 на овој член кој гради на свое или туѓо земјиште под услови утврдени во овој закон, може да стекне сопственост на таков објект, односно градбата да се легализира, доколку објектот се вклопува во урбанистичкиот план, а градбата се потврди со одобрение за градење од надлежен орган и се запише во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.\nАко за земјиштето каде што е изграден градежен објект без одобрение за градење не постои урбанистички план, а надлежниот орган утврди дека поминале десет години од изградбата на објектот и ја потврди градбата со одобрение за градење, градителот стекнува сопственост со упис во јавната книга за запишување на правата на недвижностите, ако со посебен закон поинаку не е предвидено.\nДоградби и надградби\nЧлен 122\nДоградба и надградба на зграда се врши врз основа на детален урбанистички план и урбанистички проект.\nДоградба, односно надградба има право да бара сопственик, односно сопственици на постојна зграда. Со доградбата, односно надградбата сопственикот, односно сопствениците стекнуваат право на сопственост и врз доградбата, односно надградбата.\nПраво на доградба, односно надградба на зграда во етажна сопственост (зграда со два или повеќе станови што им припаѓаат на две или повеќе лица) имаат сопствениците на посебните делови од зградата. За доградбата, односно надградбата одлучува мнозинството сопственици на посебните делови од зградата кои претставуваат повеќе од половината на вредноста на зградата. Ако за доградбата, односно надградбата има повеќе интересенти отколку што е предвидено да се изградат нови делови од зградата и ако за тоа не се постигне согласност меѓу нив, по барање на секој од заинтересираните одлучува судот, водејќи сметка за принципот на правичност.\nАко за доградбата, односно надградбата не се заинтересирани сопствениците на посебните делови од зградата, правото на градење можат да им го отстапат на трети лица со мнозинство гласови на посебните делови од зградата кои вредносно претставуваат повеќе од половина од вредноста на зградата, со тоа што градителот, односно градителите се должни да платат соодветен надоместок за правото на градење врз туѓо земјиште, како и за штетите што можат да бидат предизвикани како резултат на градењето.\nПречекорување на меѓа при градење\nЧлен 123\nАко со градбата на зградата е пречекорена меѓа и е заземен дел од соседовото земјиште покрај меѓата, сопственикот на тоа земјиште има право да бара воспоставување на поранешна состојба.\nДодека не биде воспоставена поранешната состојба, се смета дека на сопственикот на зградата до отповикување му е допуштена стварна службеност на делот од зградата на соседовото земјиште.\nСопственикот на земјиштето на кое се наоѓа делот од туѓата зграда има право на надоместок во вид на парична рента во висина на закупнина за заземеното земјиште која секој сопственик на зграда е должен да ја плаќа на сопственикот на послужното земјиште се додека постои делот на зградата на тоа земјиште, а со тоа не се задира во правото на надоместок на претрпена штета.\nСопственикот на земјиштето на кое е изграден делот од туѓата зграда има право да бара сопственикот на зградата да го откупи целото негово земјиште по пазарна цена. Тоа може да го бара и сопственикот на зградата доколку бил совесен градител, ако сопственикот на земјиштето барал воспоставување на првобитна состојба, а тоа не е можно без значителна штета за другиот дел од зградата или несразмерно големи трошоци.\nСтекнување на право на сопственост со одржувачка\nЧлен 124\nСовесниот и законит држател на подвижна ствар, на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка по истекот на време од три години.\nСовесниот и законит држател на недвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка, по истекот на време од десет години.\nСовесниот држател на подвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка по истекот на време од десет години.\nСовесниот држател на недвижна ствар, на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка по истекот на време од 20 години.\nНаследникот станува совесен држател од моментот на отварањето на наследството и во случај кога оставителот бил несовесен држател, а наследникот тоа не го знаел ниту можел да го знае, а времето за одржувачка почнува да тече од моментот на отворање на наследството.\nПресметување на времето за одржувачка\nЧлен 125\nВремето потребно за одржувачка почнува да тече оној ден кога држателот стапил во владение на стварта, а завршува со истекот на последниот ден од времето потребно за одржувачка.\nВо времето потребно за одржувачка се засметува и времето за кое претходниците на сегашниот држател ја држеле сварта како совесни и законити држатели, односно како совесни држатели.\nВрз прекинот, односно застојот на одржувачката, сообразно се применуваат одредбите за прекинот, односно застојот на застареноста на побарувањата.\nСеење и садење растенија\nЧлен 126\nПосеани или засадени растенија во некое земјиште што пуштиле корени се во сопственост на оној чие е земјиштето, без оглед на тоа чие било семето или садницата, а односот меѓу сопственикот на земјиштето и сопственикот на семето и садницата ќе се уредува според правилата на облигационото право.\nОна што е предвидено во ставот 1 на овој член за растенијата кои пуштиле корени се однесува и за оние растенија кои не можат да се одвојат од недвижноста без несразмерно големи трошоци.\nСопственост на плодови\nЧлен 127\nПравото на сопственост на плодовите што ги дава стварта му припаѓа на сопственикот на стварта.\nСовесниот држател, плодоуживателот и закупецот на стварта што дава плодови, стекнуваат право на сопственост на плодовите врз ос¬нова на соодветната правна основа во моментот на нивното одвојување.\nПлодовите од ставот 2 на овој член, до нивното одвојување, се составен дел на стварта и му припаѓаат на сопственикот.\nПлодови на животните\nЧлен 128\nПлодовите на животното и другата корист од него им припаѓаат на неговиот сопственик, односно на други лица, согласно со членот 127 од овој закон.\nСопственикот на животно што оплодило туѓо животно нема право на плодот ниту на наградата, освен ако нешто друго не е договорено или вообичаено.\nПрипојување и таложење\nЧлен 129\nКога водотек ќе одвои парче земјиште и ќе го припои на друго земјиште (ќе го нанесе на туѓо земјиште), сопственикот на откинатото земјиште има право да го врати во рок од една година, доколку тоа е можно.\nПо истекот на рокот од една година, откинатото парче земјиште останува составен дел на земјиштето на кое е припоено и за него на поранешниот сопственик не му следува надоместок.\nЧлен 130\nКога водотек таложи земјиште на брег, зголемената површина на земјиштето му припаѓа на сопственикот на крајбрежјето и тој не е должен за тоа да плати надоместок.\nКорито на водотек\nЧлен 131\nАко поради природни дејствија водотекот го поместува коритото или го напушти, сопственикот на крајбрежјето, чие земјиште поради тоа, се намалува има право во рок од три години на свој трошок да го врати водотекот во старото корито, ако тоа не е во спротивност со планот за регулација на водотекот ниту со одредбите на посебен закон.\nАко во рокот предвиден во ставот 1 на овој член не се врати поранешниот тек на водотекот, сопственикот на земјиштето, кој поради новиот тек трпи штета, има право да му припадне оставеното корито според правилата на стекнување сопственост на остров, ако со посебен закон поинаку не е определено.\nСоздавање на остров\nЧлен 132\nОстров создаден во корито на водотек со откинат или заобиколен дел од земјиштето му припаѓа на сопственикот на земјиштето од кое настанал.\nАко настане остров на средината на водотекот, а не е општо добро, и со посебен закон не е предвидено нешто друго, тогаш островот прираснува на земјиштата што лежат во должината на земјиштето, а по широчина до половината на водотекот.\nАко во случајот од ставот 2 на овој член островот настане на едната половина од водотекот, сопственикот на поблискиот брег има исклучително право на него.\nОдредбите за стекнување со прираснување на остров настанат во водотек не се применуваат во случаите кога ќе настане со пресушување на вода, или со делба на водата на повеќе ракави, или во случаите кога земјиштето е поплавено, затоа што во овие случаи дотогашните права остануваат непроменети.\nСтекнување на сопственост со присвојување\nна подвижни ствари (окупација)\nЧлен 133\nНа подвижна ствар, што нејзиниот сопственик ја напуштил, право на сопственост стекнува лицето што ја зело таа ствар во владение со намера да ја присвои, ако со закон поинаку не е определено.\nСтварта се смета за напуштена кога нејзиниот сопственик на несомнен начин ќе изрази волја дека не сака повеќе да ја држи.\nНе може да се стекне сопственост со присвојување на подвижни ствари кои со посебен закон можат да бидат само во сопственост на Република Македонија или на единиците на локалната самоуправа, освен ако со закон или посебна дозвола од надлежниот орган присвојување се врши во границите на таа дозвола.\nНапуштени ствари\nЧлен 134\nТуѓото не може да се стекне во сопственост со присвојување. Во случај на сомнение се смета дека стварта не е напуштена.\nЗа напуштено се смета припитомено животно ако само од себе изостане 42 дена, а ројот пчели е напуштен ако сопственикот не го видел два дена.\nНапуштениот сосопственички дел на подвижната ствар прираснува на деловите на другите сосопственици сразмерно на нивните сосопственички делови.\nЧлен 135\nНедвижноста е напуштена ако врз основа изјава за откажување од сопственост дадена во форма на исправа подобна за упис на правото во јавната книга за запишување на правата на недвижностите, тоа право ќе биде избришано.\nСо посебни прописи ќе се определи кога ќе се сметаат за напуштени и дека преминале во државна сопственост (сопственост на Република Македонија), оние земјишта чија обработката е сосема запустена и оние руинирани згради што не се поправени. Напуштената недвижност преминува во државна сопственост во моментот на нејзиното напуштање, ако со закон поинаку не е определено.\nИзгубена ствар и наоѓач\nЧлен 136\nНе престанува сопственоста на стварта која сопственикот ја изгубил или му е украдена, па наоѓачот е должен без одлагање да му ја предаде на оној што ја загубил, односно на сопственикот, ако според знаците на стварта или од други околности може да сознае за него, и ако е лесно достапен.\nНаоѓачот кој најдената ствар не ја вратил на оној што ја изгубил, односно на нејзиниот сопственик, должен е без одлагање лично да ја предаде на надлежната служба на чие подрачје е најдена стварта или преку лицето во чии простории (превозно или слично средство) ја нашол, а кое во името на наоѓачот ќе ја предаде на надлежната служба.\nНаоѓачот не е должен да ја предаде стварта на надлежната служба единствено ако нејзината вредност според општо уверување е занемарлива.\nОрганизацијата на надлежната служба од став 2 на овој член ја уредува министерот за внатрешни работи со подзаконски акт во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон.\nЧлен 137\nНадлежната служба е должна најдената ствар да ја прими, да преземе мерки на чување и за пронаоѓање на лицето кое ја изгубило стварта.\nАко најдената ствар е подложна на расипување или е непогодна за чување или одржување, надлежната служба ќе ја продаде на јавна продажба и добиените пари ќе ги депонира во судот или кај нотар.\nЧлен 138\nАко лицето кое ја изгубило стварта или нејзиниот сопственик се јави на надлежната служба во рок од една година од наоѓањето и докаже дека ја изгубило стварта од владение, односно дека е нејзин сопственик, ќе му се предаде стварта или износот добиен со продажбата, откако ќе се одбијат нужните трошоци во врска со чувањето на најдената ствар, како и евентуалната награда на наоѓачот, доколку наоѓачот барал награда.\nВо случај на сомнение, на кое од повеќето лица треба да му се предаде најдената ствар, ако околностите не упатуваат на некое друго лице, првенство има она лице кое ја изгубило од непосредното владение.\nЧлен 139\nНаоѓачот на изгубената ствар има право на надоместок за направените нужни трошоци, како и на награда во висина од 15% од вредноста на стварта.\nНаоѓач на стварта е оној што стварта прв ја видел и се обидел да ја дофати, иако некој друг прв ја зел. Ако повеќе лица заедно најдат ствар имаат право на награда на еднакви делови.\nЛицето кое е должно да плати награда може да бара износот праведно да се намали кога наградата би преставувала несразмерно голе¬ма корист со оглед на приликите на наоѓачот и лицето кое е должно да ја плати наградата, како и околностите под кои стварта е изгубена и најдена.\nАко вредноста на најдената ствар не може да се процени или таа постои само за нејзиниот сопственик, односно лицето кое ја изгубило, тогаш наоѓачот може да бара да се определи праведен износ на наградата.\nНа наоѓачот кој не ја пријавил изгубената ствар, како и на работниците вработени во јавни служби (кондуктери, возачи, чистачи и сли¬чно), кога ќе најдат ствар вршејќи службена работа, не им следува награда.\nЛицето кое е должно да ја плати наградата и има долгови, може да се ослободи од тие обврски, така што ќе се откаже од стварта, па ќе се смета дека воопшто не се јавило.\nЧлен 140\nАко лицето кое ја изгубило стварта, а ниту сопственикот на стварта, не се јават во рок од една година од наоѓањето на стварта, или не го докажат своето право на стварта или одбијат да ја примат или се откажат, тогаш најдената ствар, односно парите добиени со продажбата, му се предаваат во владение на наоѓачот.\nАко подоцна се јави оној што ја изгубил стварта или нејзиниот сопственик, наоѓачот мора да му ја врати стварта заедно со добиената корист, односно да му ги врати парите заедно со каматата, откако ќе се одбијат нужните трошоци и платената награда.\nЧлен 141\nНа најдената ствар, односно за неа добиените пари, наоѓачот може да стекне сопственост под условите за стекнување на ствар по пат на одржувачка, под услов неговото владение на најдената ствар да е совесно.\nНаоѓачот кој не постапил според одредбите на член 136 став 2 од овој закон, не може да стекне право на сопственост со одржувачка ниту има право на награда.\nСтекнување сопственост на скриено богатство и културно добро\nЧлен 142\nЗа скриено богатство во смисла на овој закон се сметаат: пари, злато, сребро, накит, драгоцени камења, ствари изработени од племенити метали и други драгоцености, кои скриени лежеле толку долго време, така што со сигурност не може да се утврди кој им е сопственикот.\nЗа културно добро во смисла на овој закон се смета ствар која има општокултурно значење или е од јавен интерес и како таква се наоѓа под посебен правен режим заради негова заштита и користење (споменик на културата, музејски материјал, библиотечен материјал, архивска граѓа, природна реткост и слично).\nЧлен 143\nСкриеното богатство и културното добро, ако не се најде сопс¬твеникот, станува сопственост на Република Македонија (државна соп¬ственост).\nЛице коешто ќе пронајде скриено богатство, односно културно добро е должно веднаш да го пријави и го предаде на надлежната служба во владение, односно до предавањето да преземе мерки кои се нужни да не пропадне и да не се оштети или да се отуѓи.\nНадлежната служба е должна за пронаоѓањето на богатството, односно културното добро веднаш да го извести надлежниот државен орган за заштита на спомениците на културата, односно архивот, коишто се овластени тие ствари да ги земат во владение и да ги чуваат, ако со посебен закон не е поинаку предвидено.\nНаоѓачот и сопственикот на недвижноста во која е најдено богатството, односно културното добро имаат право на соодветна награда од Република Македонија, која не може да биде помала од наградата за најдена туѓа ствар ниту поголема од вредноста на најденото богатство, односно културното добро, а имаат право и на надоместок на нужните трошоци.\nПоловина од наградата од ставот 4 на овој член припаѓа на наоѓачот, а другата на сопственикот на недвижноста во која е најдено богатството, односно културното добро.\nАко некој се обидел да го сокрие или не го пријави веднаш богатството, односно културното добро, тој нема право на награда ниту надомест.\nРепублика Македонија може да се ослободи од својата обврска за давање награда и надоместок на трошоци за скриеното богатство, односно културното добро, ако се откаже од стварите и на наоѓачот и сопственикот на недвижноста му го предаде најденото богатство или културното добро во владение. Во тој случај на соодветен начин ќе се применуваат одредбите на овој закон за предавање ствар на наоѓачот и за стекнување сопственост на најдена ствар.\nОдредбите за правото на сопственикот на недвижноста за награда на соодветен начин ќе се применуваат и на носителот на правото на градење, ако богатството или културното добро е најдено во недвижноста на која има право на градење.\nОддел 2\nСтекнување сопственост врз основа на правно дело\nЧлен 144\nВрз основа на допуштено правно дело чија цел е стекнување сопственост, сопственоста преоѓа од дотогашниот сопственик на стекнувачот, на начин определен со закон.\nПравното дело со кое се стекнува сопственост на недвижност, покрај суштествените елементи коишто треба да ги содржи, треба да биде склучено во писмена форма, ако со закон поинаку не е предвидено.\nСтекнувањето сопственост врз основа на правно дело не влијае на правата на трети лица на таа ствар, освен ако со закон поинаку не е определено.\nСтекнување сопственост на подвижна ствар\nЧлен 145\nПравото на сопственост на подвижна ствар преоѓа на стекнувачот со предавање на стварта во негово владение.\nПредавањето на подвижната ствар се смета за извршено и со предавање на исправата врз основа на која стекнувачот може да располага со таа ствар, како и со врачување на некој дел од стварта, или со издвојување или друго означување на стварта што значи предавање на стварта.\nКога подвижна ствар се наоѓа во владение на стекнувачот по некоја правна основа тој стекнува право на сопственост на неа по друга правна основа во моментот на склучувањето на правното дело со сопственикот на стварта.\nАко стекнувачот на правото на сопственост на подвижна ствар ја остави стварта и натаму во владение на пренесувачот по некоја друга основа, тој стекнува право на сопственост на неа во моментот на склучувањето на правното дело со сопственикот на стварта, врз основа на кое се стекнува право на сопственост.\nПравото на сопственост на подвижна ствар што ја држи трето лице преминува врз стекнувачот во моментот на склучувањето на правното дело со кое пренесувачот му го пренел правото да бара поврат на стварта. Третото лице има право да ги истакне спрема новиот сопственик сите приговори што ги имало спрема поранешниот сопственик.\nПредавањето на подвижна ствар се смета за извршено и тогаш кога од конкретните околности произлегува дека е извршено предавањето на стварта.\nПовеќекратно договарање за отуѓување на иста подвижна ствар\nЧлен 146\nКога повеќе лица склучиле посебни правни дела заради стекнување право на сопственост на иста подвижна ствар што е индивидуално определена, тоа право го стекнува лицето на кое прво му е предадена стварта, ако се исполнети и сите други претпоставки за стекнување на сопственост.\nВо случајот од став 1 на овој член, односите на отуѓувачот со лицата со кои ги склучил правните дела, а тие не стекнале сопственост на подвижната ствар се уредува во правилата на облигационото право.\nСтекнување право на сопственост од несопственик\nЧлен 147\nСовесно лице стекнува право на сопственост на подвижна ствар што ја прибавило со надоместок од несопственик кој во рамките на својата дејност пушта во промет такви ствари, од несопственик кому сопственикот му ја предал стварта во владение врз основа на правно дело што не е основа за прибавување на правото на сопственост, како и на јавна продажба.\nСтекнувачот е совесен ако во моментот на склучување на правното дело или во моментот на приемот во владение не знаел, ниту со оглед на околностите, имал доволно причини да се посомнева во тоа дека стварта не му припаѓа на отуѓувачот.\nПоранешниот сопственик може од совесниот стекнувач да бара да му ја врати стварта, со тоа што е должен да му плати надоместок според прометната цена, доколку таа ствар за него има посебно значење.\nБарањето од став 3 на овој член не може да се постави по изминувањето на рокот од една година од стекнувањето на правото на сопственост на стварта.\nОдредбата од ставот 1 на овој член не се применува ако стварта од нејзиниот сопственик или лицето преку кое ја имал во владение била украдена или ја загубил, односно зафрлил, освен при стекнување на готови пари, хартии од вредност на донесувач или на јавна продажба.\nПравата на трети лица кои ја товарат стварта престануваат со стекнување сопственост од отуѓувачот на кого стварта не му припаѓа, меѓутоа не престануваат оние права на трети лица за кои стекнувачот знаел дека постојат или тоа морал да го знае во моментот кога стекнал сопственост, како и оние права кои се регистрирани во јавните книги.\nСтекнување на недвижност\nЗапишување на сопственост во јавна книга\nЧлен 148\nПраво на сопственост на недвижност врз основа на правно дело, се стекнува со запишување во јавната книга за запишување на правата на недвижностите или на друг соодветен начин определен со закон.\nОсновањето, запишувањето и одржувањето на јавната книга за запишување на правата на недвижностите, се вршат на начин и постапка пропишани со посебен закон.\nПравното дејство на запишувањето настанува од моментот кога барањето или исправата за запишување е примена во органот што ја води јавната книга.\nНа подрачјата каде што јавните книги не се установени во согласност со законот за запишување на правата на недвижностите, правото на сопственост на недвижностите се стекнува со поединечно запишување во јавните книги.\nСтекнување со предбележување и прибележување\nЧлен 149\nАко не се исполнети сите претпоставки што се бараат за запишување во јавната книга на правата на недвижностите, а е поба¬рано запишување на правото на сопственост, стекнувањето на правото ќе се предбележи.\nСо предбележувањето правото на сопственост ќе биде стекнато под услов дополнително да следи оправдување на тоа предбележување.\nАко предбележувањето дополнително се оправда, сопственоста е стекната во моментот кога било поднесено барањето за запишување на правото во јавната книга.\nВо случајот од ставот 1 на овој член, на недвижност која не е запишана во јавна книга се стекнува право на сопственост, сопственост со полагање кај надлежниот орган заверена исправа од влијание за прибележување, со што на соодветен начин се применуваат правилата за стекнување со прибележување.\nВерба во јавната книга\nЧлен 150\nСе смета дека јавната книга за запишување на правата на недвижностите вистинито и точно ја одразува фактичката и правната состојба на недвижноста, па оној што во добра верба се потпирал на запишаното во јавната книга, незнаејќи дека она што е запишано во неа не е точно или дека е различно од состојбата надвор од јавната книга, има и право на заштита според одредбите предвидени со закон.\nСтекнувачот бил во добра верба ако во времето на склучувањето на делото и во моментот кога барал запишување не знаел ниту од околностите имал доволно причини да се посомнева во тоа дека стварта не му припаѓа на отуѓувачот.\nНедостигот на добра верба не може да се префрли никому поради тоа што не ја испитувал состојбата надвор од запишаното во јавната книга.\nТочност на јавната книга\nЧлен 151\nСтекнувачот со запишување стекнува право на сопственост на недвижноста како од сопственик, ако врз основа на запишаното во јавната книга за правата на недвижностите во добра верба стекната од лице кое било запишано како сопственик на таа недвижност, иако не е, доколку запишаното не било бришано поради неправилности.\nБришење на запишаното од став 1 на овој член може да се бара поради неточност на претходното запишување со тужба за бришење во рок од три години од денот на извршеното запишување.\nПовеќекратно договарање за отуѓување на иста недвижност\nЧлен 152\nКога повеќе лица склучиле со отуѓувачот правни дела заради стекнување сопственост на иста недвижност, сопственост ќе стекне она лице кое во добра верба прво побарало кај надлежниот орган запишување во јавната книга на недвижности, доколку се исполнети и сите други претпоставки за стекнување на сопственост.\nБришење на запишаната сопственост од став 1 на овој член и запишување во своја корист може да бара лице на кое отуѓувачот отуѓил недвижност и ја предал во владение, ако докаже дека стекнувачот не бил во добра верба, бидејќи во моментот кога го склучил правното дело со отуѓувачот знаел дека недвижноста веќе е уредно отуѓена на друг и предадена во владение.\nБарање за бришење може да се поднесе во рок од три години од денот на извршеното запишување.\nОдносот на отуѓувачот и лицата со кои ги склучил правните дела, а тие не стекнале сопственост на недвижноста, се уредува според одредбите на облигационото право.\nОддел 3\nСтекнување со наследување\nЧлен 153\nПравото на сопственост на ствар се стекнува со наследување во моментот на отворање на наследството на имотот на умрениот, ако со закон поинаку не е определено.\nПо правосилноста на решението за наследување, наследникот има право да побара запишување на правото на сопственост на недвижност во јавна книга.\nСо стекнување право на сопственост со наследување не престануваат стварните права кои им припаѓале на другите лица на односната ствар, освен оние за кои тоа е определено со закон или кои според природа на стварта не можат понатаму да постојат.\nОдредбите на овој член се однесуваат на соодветен начин и на други случаи на универзална сукцесија.\nОддел 4\nСтекнување со одлука на државен орган\nЧлен 154\nСо одлука на судот или друг орган се стекнува сопственост во случаите и под условите определени со закон.\nПраво на сопственост се стекнува во моментот на правосилноста на судската одлука, односно конечноста на одлуката на друг орган, ако со закон нешто друго не е определено, ниту произлегува од целта заради која одлуката е донесена.\nСо стекнување право на сопственост со одлука на суд или друг орган не престануваат стварните права кои им припаѓале на другите лица на таа ствар, освен оние за кои тоа е определено со таа одлука или со посебен закон, или според природата на стварта не можат понатаму да постојат.\nЧлен 155\nПраво да бара запишување на правото на сопственост во јавната книга има секое физичко и правно лице, кое со одлука на судот или друг орган ќе се стекне право на сопственост на недвижност.\nСопственоста на недвижноста стекната со одлука на судот или друг орган не може да се спротивстави на правото на оној што, потпирајќи се во запишаното во јавната книга, во добра верба го запишал своето право на недвижноста уште додека не било запишано правото кое е стекнато со одлука на судот или друг орган.\nОддел 5\nЗаштита на правото на сопственост\nСопственичка тужба за поврат на стварта\nЧлен 156\nСопственикот може со тужба да бара од држателот поврат на индивидуално определена ствар.\nСопственикот мора да докаже дека врз стварта чиј поврат го бара има право на сопственост, како и дека стварта се наоѓа во фактичка власт на тужениот.\nПравото на поднесување тужба од ставот 1 на овој член не застарува.\nЧлен 157\nСовесниот држател не е должен да плати надоместок за користењето на стварта, ниту да одговара за влошувањето и пропаста на стварта за време на неговото совесно држење.\nСовесниот држател има право на надоместок за нужните трошоци за одржувањето на стварта.\nСовесниот држател може да бара надоместок за корисните трошоци во мерка во која е зголемена вредноста на стварта.\nНужните и корисните трошоци од ставовите 2 и 3 на овој член, сопственикот на стварта е должен да му ги надомести на совесниот држател во мерка во која тие трошоци не се опфатени во користа што тој ја добил од стварта.\nСовесниот држател има право на надоместок на трошоците што ги сторил заради свое задоволство или разубавување на стварта само доколку е зголемена вредноста на стварта. Ако она што е сторено заради задоволство или разубавување на стварта може да се одвои од неа без нејзино оштетување, совесниот држател има право тоа да го одвои и да го задржи за себе.\nСовесниот држател има право да ја задржи стварта додека не му се надомести износот на нужните и корисните трошоци што ги имал во врска со одржувањето на стварта.\nПобарувањето надомест на нужните и корисните трошоци застарува за три години од денот на предавањето на стварта.\nЧлен 158\nНесовесниот држател е должен да му ги предаде на сопственикот на стварта сите плодови.\nНесовесниот држател е должен да ја надомести вредноста на собраните плодови што ги потрошил, отуѓил или уништил како и вредноста на плодовите што пропуштил да ги собере.\nНесовесниот држател е должен да ја надомести штетата настаната со влошување или пропаст на стварта, освен ако таа штета би настанала и кога стварта би се наоѓала кај сопственикот.\nНесовесниот држател може да бара надоместок на нужните тро¬шоци што би ги имал и сопственикот стварта да се наоѓала кај него.\nНесовесниот држател има право на надоместок на корисните тро¬шо¬ци само ако се корисни лично за сопственикот.\nНесовесниот држател нема право на надоместок на трошоците што ги сторил заради свое задоволство или разубавување на стварта, но може да ја однесе стварта што ја вградил заради свое задоволство или разубавување на стварта кога таа може да се одвои без оштетување на главната ствар.\nСовесниот држател станува несовесен од моментот кога му е доставена тужбата, но сопственикот може да докажува дека совесниот држател станал несовесен и пред доставување на тужбата.\nЧлен 159\nПравото на сопственикот да бара од несовесниот држател предавање на собраните плодови и надоместок за вредноста на плодовите што ги потрошил, ги отуѓил, пропуштил да ги собере или ги уништил, застарува за три години од предавањето на стварта.\nПобарувањето на несовесниот држател на стварта во поглед на надоместокот на трошоците застарува за три години од денот на предавањето на стварта.\nТужба на претпоставениот сопственик\nЧлен 160\nЛицето што прибавило индивидуално определена ствар врз правна основа и на законит начин, а не знаело и не можело да знае дека не станало сопственик на стварта (претпоставен сопственик), има право да бара нејзин поврат и од совесниот држател кај кого таа ствар се наоѓа без правна основа или по послаба основа.\nКога две лица се сметаат за претпоставени сопственици на иста ствар, посилна правна основа има лицето кое стварта ја стекнало това¬рно во однос на лицето кое стварта ја стекнало безтоварно. Ако правните основи на овие лица се со иста јачина, првенство има лицето кај кое се наоѓа стварта.\nПравото за поднесување тужба од став 1 на овој член не застарува.\nТужба поради вознемирување\nна сопственоста\nЧлен 161\nАко во остварувањето на правото трето лице го вознемирува сопственикот или претпоставениот сопственик на друг начин, а не со одземање на стварта, сопственикот, односно претпоставениот сопственик може со тужба да бара да престане со тоа вознемирување.\nКога со вознемирувањето од став 1 на овој член е причинета штета, сопственикот има право да бара надоместок на штета според општите правила за надоместок на штета.\nПравото на поднесување на тужба од став 1 од овој член не застарува.\nТужба за заштита на сосопственоста, односно\nзаедничка сопственост\nЧлен 162\nСосопственикот, односно заедничкиот сопственик, има право на тужба за заштита на правото на сопственост на целиот предмет.\nДеклараторна и излачна тужба\nЧлен 163\nПравото на сопственост се заштитува со тужба за утврдување на правото (деклараторна), и со излачна тужба, кои се уредуваат со посебни закони.\nОддел 6\nПрестанок на правото на сопственост\nЧлен 164\nПравото на сопственост престанува со пропаѓањето на стварта.\nВрз остатоците од стварта сопственикот го задржува правото на сопственост.\nЧлен 165\nПравото на сопственост што определено лице го има врз определена ствар, престанува (за него) кога друго лице ќе го стекне тоа право.\nЧлен 166\nПравото на сопственост престанува со напуштањето на стварта.\nСтварта се смета за напуштена кога нејзиниот сопственик на несомнен начин ќе изрази волја дека не сака повеќе да ја држи.\nНапуштената недвижност преминува во државна сопственост.\nДЕЛ ВТОРИ - ВЛАДЕНИЕ\nПоим и видови\nОддел 1\nВладение\nНепосредно и посредно владение\nЧлен 167\nВладение на определена ствар има секое лице, кое непосредно или со посредство на полномошник, врши фактичка власт на стварта (непосредно владение).\nВладение на ствар има и лицето кое фактичката власт на стварта врши преку друго лице на кое, по основа на плодоуживање, врз основа на договор за залог, договор за закуп, договор за послуга или на некое друго правно дело, му ја дало стварта во непосредно владение (посредно владение).\nВо случај кога владетелот од став 2 на овој член е во таков однос со некое трето лице, третото лице е непосреден владетел, а тој е посреден владетел.\nПрост држател (детентор)\nЧлен 168\nЛицето кое врз основа на работен или сличен однос, или во домаќинство, постапува со стварите врз основа на туѓи налози и извршува туѓа фактичка власт, односно не остварува корист за себе, нема владение, туку е само прост држател (детентор).\nВладение на ствари\nЧлен 169\nОбјект на владение се ствари.\nВладението над определена ствар се однесува и на нејзините составни делови - инкорпорирани и неинкорпорирани во таа ствар.\nЗа владетел се смета и лице кое има фактичка власт врз определен дел од определена ствар, иако тој дел не може да се смета за самостоен објект на стварни права (соба или други простории во стан и слично).\nВладетелот на главната ствар е и владетел на споредната ствар, само ако има фактичка власт врз неа.\nВладетелот на збирни ствари, односно на збир од ствари е владетел само на оние ствари над кои има фактичка власт.\nВладение на право\nЧлен 170\nСо владение на ствар се изедначува и фактичкото извршување на содржината на стварната службеност во однос на недвижноста (владение на право).\nНа владението на право од став 1 на овој член се применуваат на соодветен начин одредбите за владение на ствар, освен ако тоа не е спротивно на природата на правото или на одредбите на закон.\nЧлен 171\nВладетел може да биде секое физичко и правно лице.\nСовладение и заедничко владение\nЧлен 172\nПовеќе лица можат да имаат владение на ствар или на дел од ствар, или на право.\nСовладетелите можат истовремено или наизменично да ја вршат фактичката власт врз стварта или правото.\nПовеќе владетели кои фактичката власт на стварта не можат да ја вршат поединечно имаат заедничко владение.\nОддел 2\nСтекнување, заштита и престанок\nИзворно и изведено стекнување\nЧлен 173\nВладението се стекнува кога стекнувачот воспоставил фактичка власт на стварта, независно дали е основана со едностран чин (изворно стекнување на владението - оргинерно) или таа му е пренесена со правно дело (изведено стекнување на владението - деривативно).\nСо едностран чин се стекнува владение независно од волјата на претходниот владетел, со самоволно одземање на стварта и на сите начини со кои оригинерно сопственикот се стекнува со право на сопственост\nПредавање\nЧлен 174\nВладението се пренесува со предавање на стварта врз основа на правно дело. Предавањето е извршено во моментот кога стекнувачот со волја на преносителот ќе се најде во положба да извршува власт на определена ствар.\nКога владението се пренесува на отсутно лице, предавањето е извршено и кога стварта ќе ја прими лицето кое по негова волја или според закон го застапува, а со предавање на превозник само ако превозникот работи за сметка на стекнувачот.\nКога за стварта која е предадена на превозник или складиштар му се издадени вредносни хартии, кои ја заменуваат стварта во правниот промет, предавањето на таквите хартии значи предавање на таа ствар - стока. Во случај кога едно лице во добра верба совесно примило таква хартија, а друго лице совесно ја примило стварта - стока, со владение на стварта - стока се стекнало второто лице.\nПредавање со изјава на волја\nЧлен 175\nСо изјавување на волја владението се пренесува на стекнувачот, а пак, овој ќе се стекне со непосредно владение, само ако ја извршува својата власт на стварта.\nПредавањето на владението извршено само со изјавената волја дека владението се предава, ќе има влијание спрема трети лица само ако за тоа биле известени или ако тоа на друг начин им било познато.\nСтекнување на изворно владение на право\nЧлен 176\nКога владетелот на една повластена недвижност еднострано ќе направи во однос на една послужна недвижност, чиј владетел е друго лице, нешто што не би требало тоа лице да го трпи, а тоа сепак го трпи, владетелот на повластената недвижност изворно (оргинерно) стекнал владение на право на стварна службеност на послужната недвижност.\nКога владетелот на една повластена недвижност еднострано ќе му забрани на владетелот на една послужна недвижност да прави на таа недвижност нешто што инаку би можел да го прави, па овој (владетелот на послужната недвижност) пропуштил тоа да го направи, владетелот на повластената недвижност, изворно (оргинерно) се стекнал со владение на право на стварна службеност на послужната недвижност.\nСтекнување на изведено владение на право\nЧлен 177\nКога владетелот на повластена недвижност во договор со владетелот на послужна недвижност врши дејствие во однос на послужната недвижност, кое е нејзиниот владетел не бил должен да го трпи, владението на правото на стварна службеност тоа да се прави во однос на послужната недвижност, настанало во корист на повластената недвижност врз основа на изведено владение од послужната недвижност (по деривативен пат).\nКога владетелот на послужната недвижност, врз основа на договор со владетелот на повластената недвижност, почне да пропушта на недвижноста на која има владение да прави нешто што инаку би можел да го прави (доколку не постои договорот), владението на правото на стварна службеност тоа да се пропушти да се прави на послужната недвижност, настанало во корист на повластената недвижност со изведено владение од другата недвижност (по деривативен пат).\nВладението на правото на стварна службеност воспоставено во корист на одредена недвижност како повластена, преоѓа заедно со повластената недвижност на стекнувачот кога таа ќе му биде предадена во владение. Но, оној што изворно ќе стекне владение на недвижноста не се стекнува со самото тоа и со владение на правото на стварна службеност што постои во нејзина корист.\nНаследување на владението\nЧлен 178\nНаследникот станува владетел во моментот на смртта на оставителот, освен ако со закон поинаку не е определено.\nВладението на стварите и правата на оставителот преоѓаат на нас¬ледникот такви какви што биле во моментот на неговата смрт.\nКога заради смртта на оставителот неговото владение врз ствари и права, преминало на еден или повеќе сонаследници, сите тие со тоа станале совладетели на секое од тие поединечни владенија и така ќе ги извршуваат, освен ако врз основа на волјата на оставителот, или одлука на оставинскиот суд извршувањето не му е доверено на еден од наследниците или на некој друг.\nСо преминот на владението на оставителот врз неговите наследници не се задира во другите владенија на истата таа ствар, односно право, освен ако со закон поинаку не е определено.\nЗаконско и совесно владение\nЧлен 179\nВладението е законско ако владетелот има полноважна правна основа за владение.\nПосебен вид на законско владение е вистинско владение. Вистинско или мирно владение е она што не е прибавено со сила, со измама или со злоупотреба на довербата. Владението што е прибавено со сила измама или злоупотреба на довербата, станува мирно кога на личноста од која е прибавено & престане правото да го штити владението што и било одземено на тој начин.\nВладението е совесно ако држателот не знае или не можел да знае дека нема правна основа да врши фактичка власт врз стварите.\nСовесноста на владението се претпоставува.\nСовесноста престанува во моментот кога владетелот ќе дознае дека владението не му припаѓа.\nСовесноста на лице кое има законски застапник се определува според совесноста и постапувањето на тој застапник, а совесноста на владението на правно лице се определува според совесноста и постапувањето на она физичко лице кое за тоа правно лице е овластено да презема дејствија на стекнување или извршување на негово владение.\nТрајност и заштита\nНачело на трајност\nЧлен 180\nВладението трае се додека трае фактичката власт на владетелот во однос на стварта, но таа не престанува ниту се прекинува ако смеќавањето или пропуштањето на извршувањето на владетелската власт било според својата природа привремено.\nВладението откако е стекнато трае непрекинато и понатаму, а оној што тврди дека престанало или дека било прекинато, треба да докаже дека настанале околности заради кои тоа владение престанало.\nСмеќавање и одземање\nЧлен 181\nБез оглед на тоа какво е владението, никој нема право неовластено да го смеќава или одзема и тогаш кога смета дека има појако право на владение.\nЛицето од кое владението е прибавено со сила, потајно или со измама или злоупотреба на довербата, исто така не може самостојно да го одземе владението, откако ќе му престане правото на заштита на владение.\nНе се смета за неовластено смеќавањето на владението, ако чинот на смеќавање или одземање на владението е дозволен со закон или одлука на суд или на друго тело донесена врз основа на закон со кој е дозволено тоа.\nЗаштита на владението\nЧлен 182\nВладетелот на ствари и права има право на заштита на владението од смеќавање и одземање.\nВладетелот кој владението го стекнал со неовластено одземање од друг со сила, закана, заблуда, со измама или со злоупотреба на доверба има право да го штити своето владение. Тој нема право да го штити само од она лице од кое неовластено го одзел, но откако владението ќе му стане мирно, ќе може да го штити и од него.\nОстварување на заштита\nЧлен 183\nПравото на заштита на владението се остварува во рок од 30 дена од денот на сознанието за смеќавањето и за сторителот, а најдоцна во рок од една година од настанатото смеќавање.\nПравото на заштита на владението се остварува во посебна постапка пред суд (постапка заради смеќавање или одземање на владение) или со самопомош.\nВладението, кое на владетелот му било одземено, не престанало ниту било прекинато ако владетелот, служејќи се со своето право на заштита на владението повторно го воспоставил или изнудил негово воспоставување.\nСудска заштита\nЧлен 184\nВладетелот кому неовластено му е смеќавано или одземено владението, овластен е да бара од судот да се утврди чинот на смеќавање или одземање, да се нареди воспоставување на владетелска состојба каква што била во моментот на смеќавањето или одземањето и да се забрани такво, или слично смеќавање или одземање за во иднина.\nСудот ја дава оваа заштита на владението во посебна постапка според последната мирна состојба на владението и настанатото смеќавање или одземање, без оглед на законитоста на владение, совесноста на владетелот, како и без оглед на тоа колку смеќавањето или одземањето на владението е во определен јавен интерес.\nЗаштита на посредно владение\nЧлен 185\nЗаштита на владението може да бара и посредниот владетел, кога непосредниот владетел нема да преземе правна заштита на владението.\nПосредниот владетел не е овластен да постави барање заради заштита на своето посредно владение од смеќавањето што го направил непосредниот владетел, ако за одлучувањето по тоа барање би било неопходно да се расправа за нивниот правен однос.\nСудска заштита на совладението\nЧлен 186\nСекој совладетел е овластен да го штити совладението пред суд од неовластено смеќавање или одземање на трето лице, а од другите совладетели само ако потполно го исклучиле од дотогашното совладение или битно му го ограничиле дотогашниот начин на извршување на фактичката власт.\nСовладетелот не е овластен да поднесе барање за заштита на своето совладение од смеќавањето или одземањето што го направил неговиот совладетел, ако би било нужно во одлучувањето по тоа барање да се расправа за нивниот правен однос.\nЗштита на владението на наследниците\nЧлен 187\nСекој наследник е овластен е да го штити владението што од оставителот преминало на наследниците, од неовластено смеќавање или одземање на трето лице.\nКога со објектот на владението управува врз основа на овластување извршителот на тестамент или управител на оставината, тогаш тој е овластен да бара заштита на владението кое од оставителот преминало на наследникот, односно на наследниците.\nСо одредбата од став 2 на овој член, не се задира во правото на секој од наследниците или сонаследниците на заштита, но со тоа да може да бара поврат на одземеното владение, само спрема извршителот на тестаментот или управителот на оставината.\nУтврдување на право на владение\nЧлен 188\nПравото на владение може да се утврдува и остварува пред суд, или друг надлежен орган независно од траењето и резултатот од постапката за заштита на владението поради смеќавање.\nДозволена самопомош\nЧлен 189\nДржателот има право на самопомош против оној што неовластено го вознемирува или му го одзел владението, под услов опасноста да е непосредна, самопомошта да е нужна и начинот на нејзиното вршење да им одговара на приликите во кои постои опасност.\nПрестанок на владението\nЧлен 190\nВладението на ствар, престанува кога стварта ќе пропадне, кога ќе се загуби и кога е очигледно дека нема да биде вратена, и кога владетелот со своја волја ќе ја напушти.\nНа дотогашниот владетел му престанува владението кога стварта му ја одзело друго лице, ако тој не остварил заштита на своето владение.\nЧлен 191\nВладението на правото престанува кога пропаднала недвижноста или владетелот се одрекол од своето владение на право.\nВладението на правото не престанува со самото неизвршување на правото на стварна службеност с# додека неговиот владетел може да го извршува, ако го сака тоа. Владението на правото престанува ако владетелот на послужната недвижност престане да го прави она што дотогаш го правел, престане да трпи и понатаму да се остварува содржината на правото на стварната службеност на неговата недвижност, односно престане да го пропушта она што дотогаш го пропуштал ако владетелот на правото не оствари заштита на своето владение.\nВладението на правото на стварна службеност му престанува на дотогашниот владетел со престанокот на неговото владение на недвижноста во чија корист го извршувал.\nДЕЛ ТРЕТИ - ОГРАНИЧЕНИ СТВАРНИ ПРАВА\nГЛАВА I\nПРАВО НА СЛУЖБЕНОСТ\nОддел 1\nЧлен 192\nСлужбеноста е стварно право на туѓа ствар, кое се состои во овластување на нејзиниот носител во определен обем и на определен начин да ја користи таа ствар, а сопственикот на стварта е должен тоа да го трпи или нешто да не стори.\nСтварна службеност е право на сопственикот на една недвижност (привилегирана ствар) за потребите на таа недвижност да врши определени дејствија врз недвижноста на друг сопственик (послужна ствар) или да бара од сопственикот на послужната ствар да се воздржува од вршење определени дејствија, што инаку би имал право да ги врши врз својата недвижност.\nЛичната службеност е стварно право врз туѓа ствар со кое се овластува одредено лице, кое е во посебен однос со сопственикот на послужната ствар да се служи со неговата ствар на определен начин, а сопственикот на таа ствар тоа мора да го трпи.\nСтварни службености\nЧлен 193\nСтварната службеност може да се утврди како трајно право, на определено време или за определено годишно време.\nЧлен 194\nСтварните службености се полски, куќни и комунално - технички.\nПолски службености се оние каде што привилегираната ствар е од земјоделска природа, куќни службености се оние каде што привилегираната ствар е станбена или деловна зграда, а комунално - технички службености се оние каде што привилегираната ствар е од комунално - техничка природа.\nЧлен 195\nПолски службености се правото на пешачки премин, на протерување на добиток, на премин со запрежни возила, возила на моторен погон и други возила, правото на црпење вода, правото на довод и одвод на вода преку туѓо земјиште и друго.\nКуќни службености се право на нужен премин преку туѓо земјиште, право на ползување на туѓ ѕид, правото на спроведување чад преку соседовиот оџак, право за истекување на атмосферска и друга вода низ соседовото земјиште, право на поставување на телевизиска антена на туѓа зграда и друго.\nКомунално - технички службености се правото на спроведување на гасоводни, нафтоводни, водоводни и други цевки на туѓо земјиште, правото на спроведување на телевизиски кабли на туѓо земјиште и друго.\nЧлен 196\nНужен премин може да бара сопственикот на привилегираната ствар која нема излез на јавен пат или до него може да стигне само со претерано заобиколување.\nПравото на нужен премин може да се појави како полска и куќна службеност.\nНужниот премин се заснова со одлука на суд или државен орган по барање на сопственикот на привилегираната ствар.\nЧлен 197\nСлужбеноста мора да има разумна цел.\nСтварната службеност се врши на начин на кој најмалку се оптоварува послужната ствар.\nСопственикот на послужната ствар не смее ништо да чини (стори) што би го оневозможило или битно би го отежнало вршењето на службеноста, но не е должен и самиот нешто да чини, ако поинаку не е определено.\nАко за вршење на стварната службеност е потребно користење на некој уред или преземање на некое дејствије, трошоците за одржување на тој уред или за преземање на тоа дејствие ги поднесува сопственикот на привилегираната ствар.\nАко уредот или дејствието му служи и на интересите и на сопственикот на послужната ствар, трошоците ги преземаат сопственците на привилегираната и послужната ствар сразмерно со користа што ја имаат.\nЧлен 198\nНа иста недвижност можат да се утврдат повеќе стварни службености различни по вид.\nСо утврдување на нова стварна службеност не може да се ограничува постојната стварна службеност.\nАко настане промена на приликите, заради природни или други причини, така што сите (или дел) стварни службености не можат да се вршат истовремено во полн обем, првенство имаат стварните службености што се утврдени порано, а подоцнежните службености се смалуваат според својот обем, водејќи сметка за сите околности.\nЧлен 199\nСтварната службеност се заснова со правно дело (договор, тестамент), со одлука на државен орган и со одржувачка.\nЧлен 200\nВрз основа на правно дело, стварната службеност се стекнува со склучување на договор заверен во суд или пред нотар и со упис во соодветна јавна книга или на друг соодветен начин определен со закон.\nЧлен 201\nСо одлука на судот или со одлука на друг државен орган, стварната службеност се утврдува кога сопственикот на привилегираната ствар, во целост или делумно, не може да ја користи таа ствар без соодветно користење на послужната ствар, како и во други случаи определени со закон.\nСлужбеноста од став 1 на овој член се стекнува со денот на правосилноста на одлуката, ако со закон не е поинаку определено.\nЧлен 202\nСтварната службеност се стекнува со одржувачка кога сопственикот на привилегираната ствар фактички ја остварил службеноста за време од 20 години, а сопственикот на послужната ствар не се противел на тоа.\nСтварната службеност не може да се стекне со одржувачка ако е вршена злоупотреба на довербата на сопственикот или на држателот на послужната ствар, со сила, со измама или ако службеноста е отстапена до отповикот.\nЧлен 203\nСопственикот на послужната ствар има право на надоместок за утврдената службеност.\nАко сопственикот на послужната ствар и сопственикот на привилегираната ствар не се спогодат за надоместокот, висината на надоместокот ќе ја утврди судот по барање на сопственикот на послужната ствар, водејќи сметка за сите околности.\nЧлен 204\nСопственикот на привилегираната ствар може да бара од судот да се утврди спрема сопственикот на послужната ствар, постоење на стварната службеност.\nВо однос на тужбата од став 1 на овој член соодветно се применуваат одредбите од овој закон за заштита на правото на сопственост.\nЧлен 205\nАко сопственикот на привилегираната ствар неосновано е смеќаван во вршењето на стварната службеност, тој може со тужба да бара да престане тоа смеќавање.\nЧлен 206\nСтварната службеност престанува ако сопственикот на пос¬лу¬жната ствар се противи на нејзиното вршење, а сопственикот на при¬ви¬легираната ствар не го вршел своето право три години едноподруго.\nСопственикот на послужната ствар може да бара да престане правото на стварна службеност кога таа ќе стане непотребна за корис¬тење на привилегираната ствар, кога ќе истече определеното време, ако е заснована на определено време или кога ќе престане при¬чината поради која таа е заснована.\nСтварната службеност престанува ако не се врши за времето потребно за нејзино стекнување со одржувачка, кога исто лице ќе стане сопственик на послужната и привилегираната ствар или со пропаѓање на привилегираната, односно послужната ствар.\nЧлен 207\nАко се подели привилегираната ствар, стварната службеност останува во корист на сите негови делови.\nСопственикот на послужната ствар може да бара да престане стварната службеност на сопственикот на одделен дел од привилегира¬ната ствар ако стварната службеност не служи за потребите на тој дел.\nАко е поделена послужната ствар, стварната службеност останува само на деловите на кои е вршена.\nЛични службености\nЧлен 208\nЛични службености се правото на плодоуживање, правото на употреба и правото на домување.\nЧлен 209\nЛичните службености траат само онолку време за колку се утврдени и престануваат најдоцна со смртта на нивниот носител, ако со закон поинаку не е определено.\nЛичните службености не можат да се пренесуваат.\nЛичните службености не се наследуваат, освен службеностите изрично утврдени и за наследниците на носителот на службеноста.\nЧлен 210\nПравото на плодоуживање е лична службеност која му дава овластување на нејзиниот носител (плодоуживателот) без надоместок целосно да се служи со некоја ствар (послужна ствар) во согласност со нејзината намена, чувајќи ја нејзината суштина.\nПравото на плодоуживање може да постои на послужна ствар која е непотрошна, било подвижна или неподвижна, како и на повеќе подвижни ствари заедно, како и на право кое дава плодови или други користи.\nЧлен 211\nСопственикот на послужната ствар мора да го трпи плодоуживањето, а своето право на сопственост може да го врши ако со тоа не го повредува правото на плодоуживателот.\nЧлен 212\nПлодоуживателот е должен своето право на плодоуживање да го остварува со внимание на добар домаќин, односно добар стопанственик, односно добар стручњак, во согласност со природата и намената на послужната ствар.\nПлодоуживателот не одговара за намалување на вредноста на послужната ствар која доаѓа поради нејзината редовна употреба.\nЧлен 213\nПравото на плодоуживање се стекнува врз основа на правно дело (договор, тестамент) и со одржувачка.\nПравото на плодоуживање врз неподвижна ствар се стекнува со скучување на договор заверен во суд или пред нотар и со упис во соодветната јавна книга, а правото на плодоуживање врз подвижна ствар се стекнува со склучување на договор и со предавање на стварта на плодоуживателот.\nНа стекнувањето на правото на плодоуживање со одржувачка соодветно се применуваат одредбите за стекнување на правото на соп¬ственост со одржувачка.\nНа стекнувањето на правото на плодоуживање со тестамент соодветно се применуваат одредбите за стекнување на легат.\nЧлен 214\nПравото на сопственост врз природните плодови плодо¬ужи¬вателот го стекнува со нивно одвојување од послужната ствар.\nЦивилни приходи (камати, закупнини и слично), како плодови му припаѓаат на плодоуживателот сразмерно на времетра¬ење¬то на правото на плодоуживање, независно дали тие пристигнале по времето на стекнување, односно престанување на тоа право и без оглед на тоа дали тие плодови биле наплатени во тоа време.\nЧлен 215\nПлодоуживателот, односно сопственикот на послужната ствар има право да бара записнички да се утврди состојбата на послужната ствар.\nЧлен 216\nПлодоуживателот ги поднесува трошоците за редовно одржу¬вање на послужната ствар.\nВо однос на трошоците што плодоуживателот не бил должен да ги направи се применуваат правилата за работоводство без налог.\nЧлен 217\nАко правото на плодоуживање е засновано врз ствар која е потрошна или на право кое не дава плодови, тоа е неправо плодо¬ужи¬вање.\nВо случајот од став 1 на овој член послужна ствар е паричната вредност на стварта која ќе му се врати на сопственикот откако ќе престане плодоуживањето.\nСо парите (во готово), додека трае неправото плодоуживање, плодоуживателот може слободно да располага, но ако плодоуживањето е засновано на веќе вложена главнина, плодоуживателот може да побарува само камати.\nНа неправото плодоуживање, на соодветен начин се применуваат одредбите за правото на плодоуживање, ако со посебен закон поинаку не е определено.\nЧлен 218\nПо престанувањето на правото на плодоуживање, плодоужи¬вателот е должен да му ја врати послужната ствар на сопственикот.\nПлодоуживателот, по престанување на правото на плодоуживање, има право да го одвои она што во послужната ствар го вградил заради зголемување на нејзината функционалност или вредност, ако тоа одвојување може да се изврши без оштетување на послуж¬ната ствар и ако сопственикот на послужната ствар одбил да му ги надомести тие трошоци на плодоуживањето.\nЧлен 219\nПравото на плодоуживање престанува:\n- со изминување на определено време, ако е утврдено за определен временски период;\n- со смртта или престанокот на плодоуживателот;\n- со преминување на послужната ствар во сопственост на плодоуживателот (соединување);\n- со одрекување од страна на плодоуживателот и\n- со пропаѓање на послужната ствар.\nЧлен 220\nНа правото на плодоуживање врз право, соодветно се применуваат одредбите на плодоуживање врз ствар.\nЧлен 221\nПравото на употреба е право да се употребува туѓа ствар во границите на потребите на носителот на тоа право и на членовите на неговото семејство, без менување на суштината и намената на таа ствар и без извлекување на други имотни користи од неа.\nЧлен 222\nНа правото на употреба, на соодветен начин, се применуваат одредбите со кои се регулира правото на плодоуживање, освен ако поинаку не е уредено со посебни закони.\nЧлен 223\nПравото на домување е право туѓата станбена зграда, стан или посебен дел од зграда или стан да се користи за живеење за потребите на носителот на тоа право и членовите на неговото семејство, како и на други лица кои тој ги издржува.\nЧлен 224\nНа правото на домување, соодветно се применуваат одредбите со кои се регулира правото на плодоуживање, освен ако поинаку не е уредено со посебен закон.\nГЛАВА II\nПраво на залог\nЧлен 225\nПравото на залог е стварно право врз туѓа ствар со кое се обезбедува побарувањето на заложниот доверител со давање во залог (заложување) на определена ствар или право во корист на заложниот доверител, кој е овластен да располага со туѓата ствар, на начин што по истекот на рокот на пристигнатоста да бара намирување на своето побарување од вредноста на таа ствар или право (со продавање на заложената ствар), пред доверителите кои на таа ствар или право немаат засновано право на залог, како и пред заложните доверители кои право на залог врз таа ствар стекнале по него, без разлика на промената на сопственикот на заложената ствар.\nНамирувањето на побарувањето од став 1 на овој член под услови, начин и постапка утврдена со закон може да се изврши и со стекнување на право на сопственост врз заложената ствар или право, ако тоа е предвидено со договор за залог.\nОдредбите со кои се регулира правото на залог на соодветен начин ќе се применуваат и на преносот на сопственоста заради обезбедување на намирувањето на побарувањата, ако со закон поинаку не е определено.\nЧлен 226\nПравото на залог може да се заснова врз основа на договор (договорно заложно право), судска одлука (судско заложно право) и закон (законско заложно право) на начин определен со закон.\nДоговорниот залог се стекнува со склучување на договорот за залог и со запишување во соодветните јавни книги кога заложената ствар е недвижност, а кога заложената ствар се подвижни ствари или права, договорниот залог се стекнува со склучување на договорот за залог и со предавање на стварта во владение на заложниот доверител (нерегистриран залог), односно со склучување на договорот за залог и со попис на заложната ствар, без предавање на стварта во владение на заложниот доверител (регистриран залог).\nСудскиот залог се стекнува со судска одлука донесена во постапката за присилно обезбедување на побарувањата и со запишување во соодветните јавни книги. Законските одредби со кои се уредува судската постапка за обезбедување на парични побарувања ги определува условите под кои судот може да одлучи да се заснова судско заложно право.\nЗаконскиот залог се стекнува со исполнување на условите предвидени во посебните закони.\nЧлен 227\nЗаложниот доверител и заложниот должник можат да бидат сите физички и правни лица во рамките на нивната правна и деловна способност.\nЧлен 228\nПравото на залог може да постои на подвижни предмети, недвижности и на права.\nВрз правото на залог од став 1 на овој член се применуваат одредбите за залог содржани во посебни закони.\nЧлен 229\nСо правото на залог може да се оптоварат една или повеќе ствари.\nСтварите од став 1 на овој член треба да се во правниот промет.\nЧлен 230\nПравото на залог се однесува на цела ствар, на идеален дел на стварта, на нејзините плодови с# додека не се одвоени, како и на нејзините составни делови и припадоци.\nПравото на залог може да се заснова за идна, орочена и за условна обврска.\nЗаложниот доверител може да заснова право на залог на постојниот залог во корист на трето лице без согласност на заложниот должник (подзалог).\nЧлен 231\nЗаложената ствар го обезбедува побарувањето на заложниот доверител до целосно намирување на неговото побарување, без оглед на подоцнежната поделба на стварта (неделивост на залогот).\nЧлен 232\nКога на иста ствар постојат повеќе заложни права, редоследот по кој ќе се намируваат се определува според датумот на уписот во соодветната јавна книга.\nАко врз иста ствар се запишани повеќе заложни права во еден ист ден, редоследот по кој ќе се врши намирувањето ќе се определува според часот на приемот на барањето за упис во соодветната јавна книга.\nБарањата поднесени во ист момент (ден и час) имаат еднаков третман во поглед на намирувањето на побарувањата, освен ако со закон поинаку не е определено.\nЧлен 233\nПравото на залог може да се пренесе на друг заедно само со преносот на побарувањето кое со тоа заложно право е обезбедено (акцесорност на залогот).\nЧлен 234\nПравото на залог престанува под услови и на начин определени со закон.\nЧлен 235\nПравото на залог се запишува во соодветни регистри под услови и на начин определени со закон.\nГЛАВА III\nРЕАЛЕН ТОВАР\nЧлен 236\nРеалните товари се определени давања и чинења што во корист на определена недвижност или лице треба сукцесивно да ги врши постоечкиот сопственик на определена недвижност (оптоварена недвижност) на товар на таа недвижност.\nЧлен 237\nДел од недвижност може да биде оптоварена со реален товар само ако товарот е заснован на дел од недвижноста во сосопственост, која му припаѓа на еден од сосопствениците.\nЧлен 238\nЗа пристигнатите поединечни давања и чинења што произлегуваат од реалните товари, соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи за исполнување на пристигнати поединечни побарувања меѓу определени страни.\nЧлен 239\nВо однос на заштитата и престанокот на реалните товари аналогно се применуваат одредбите за заштита и престанок на стварните права предвидени во овој закон.\nВрз реалните товари што се уредуваат со други закони се применуваат одредбите на овој закон за прашања што не се уредени со тие закони.\nРеалните товари се прибележуваат во јавна книга за запишување на правата на недвижност.\nДЕЛ ЧЕТВРТИ\nСТВАРНИ ПРАВА НА СТРАНСКИ ЛИЦА\nЧлен 240\nОдредбите на овој закон се применуваат и на странски физички и правни лица, освен ако со закон или меѓународен договор поинаку не е определено.\nЧлен 241\nКако странско физичко лице, според овој закон, се смета она физичко лице кое нема државјанство на Република Македонија, освен ако со закон поинаку не е определено.\nКако странско правно лице, според овој закон, се смета она правно лице кое има регистрирано седиште надвор од територијата на Република Македонија, освен ако со закон поинаку не е определено.\nСопственост врз подвижни ствари\nЧлен 242\nСтрански физички и правни лица можат да стекнуваат право на сопственост врз подвижни ствари како и домашните лица.\nСтекнување на права на сопственост на стан, станбена зграда и деловен простор\nЧлен 243\nСтрански физички лица државјани на државите кои не се членки на Европската унија и Организацијата за економска соработка и развој (во натамошниот текст: ОЕЦД), можат со наследување да стекнуваат права на сопственост врз недвижни ставри на територијата на Република Македонија под услови на реципроцитет, како и државјаните на Република Македонија, ако со меѓународен договор поинаку не е определено.\nСтрански физички лица, државјани на државите членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат со наследување да стекнуваат права на сопственост врз недвижни ствари на територијата на Република Македонија со наследување врз основа на тестамент.\nСтрански правни лица, можат под услови на реципроцитет, да стекнуваат права на сопственост врз недвижни ствари на територијата на Република Македонија со наследување врз основа на тестамент.\nСтекнување на права на сопственост на стан станбена зграда и деловен простор\nЧлен 244\nСтрански физички лица резиденти на државни членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат да стекнат право на сопственост на стан, станбена зграда и деловен простор на територијата на Република Македонија под исти услови како и државјаните на Република Македонија.\nСтрански физички и правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат да стекнат право на сопственост на стан, станбена зграда и деловен простор на територијата на Република Македонија, како и државјаните на Република Македонија под исти услови на реципроциет\nСтекнување старни права на градежно земјиште\nЧлен 245\nСтрански физички и правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, врз основа на согласност на министерот за правда, по претходно прибавено мислење од министерот за транспорт и врски и министерот за финансии.\nСтрански физички и правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат под услови на реципроцитет да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, врз основа на согласност на министерот за правда, по претходно прибавено мислење од министерот за транспорт и врски и министерот за финансии.\nСтрански физички и правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат да стекнат право на долготраен закуп на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, врз основа на согласност од министерот за правда, по претходно прибавено мислење од министерот за транспорт и врски и министерот за финансии.\nСтрански физички и правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, можат под услови на реципроцитет да стекнат право на долготраен закуп на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, врз основа на согласност од министерот за правда, по претходно прибавено мислење од министерот за транспорт и врски и министерот за финансии.\nМинистерот за правда одлучува во рок од осум дена по приемот на комплетните барања од ставовите 1, 2 , 3 и 4 на овој член.\nМинистерот за правда поблиску ја пропишува потребната документација која треба да се приложи кон барањата од ставовите 1,2, 3 и 4 на овој член.\nСтекнување стварни права на земјоделско земјиште\nЧлен 246\nСтрански физички и правни лица не можат да стекнуваат право на сопственост на земјоделско земјиште на територијата на Република Македонија.\nСтрански физички и правни лица можат под услови на реципроцитет да стекнуваат право на долготраен закуп на земјоделско земјиште на територијата на Република Македонија, врз основа на согласност од министерот за правда, по претходно прибавено мислење на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии.\nЧлен 247\nПостоењето на реципроцитет предвиден во овој закон, го утврдува министерот за правда, под услови и постапка утврдени со закон.\nЧлен 248\nСтрански држави за потребите на своите дипломатски и конзуларни претставништва, како и организациите и специјализираните агенции на Обединетите нации и Советот на Европа, со претходна согласност на министерот за надворешни работи, можат да стекнуваат право на сопственост врз згради и станови, како и врз градежно земјиште за изградба на такви згради.\nЧлен 249\nАко за стекнување на стварните права на недвижности е потребно прибавување согласност од министерот за правда, правното дело за стекнување на овие права не произведуваат правно дејство без оваа согласност.\nЧлен 250\nСтранско лице не може да биде сопственик на недвижност, која поради заштита на интересите и безбедноста на Република Македонија, со закон е прогласена за подрачје на кое странски лица немаат право на сопственост, освен ако со закон поинаку не е определено.\nЧлен 251\nСтрански физички и правни лица можат со правни дела да го пренесат правото на сопственост на домашни лица, како и на странско лице кое може да стекне право на сопственост.\nЧлен 252\nВо однос на другите стварни права на странците (залог, службеност и друго) соодветно се применуваат одредбите од овој закон и од други закони.\nПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nЧлен 253\nПостапното гаснење на општествената сопственост, односно нејзината трансформација во други сопственосни облици во смисла на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и другите соодветни закони се уредува со посебни прописи.\nЧлен 254\nТрансформацијата на поранешното право на користење на градежното земјиште во општествена сопственост во право на сопственост, односно во право на долготраен закуп или слична правна основа се уредува со Законот за градежното земјиште и другите закони од областа на урбанизмот и градежништвото.\nЧлен 255\nРазграничувањето меѓу сопственоста на државата и сопственоста на единиците на локалната самоуправа се уредува врз основа на посебни прописи.\nЧлен 256\nЕвиденцијата на правото на сопственост и на другите права врз недвижностите на подрачјата во кои с# уште не се применуваат законските одредби од Законот за премер, катастар и запишување на правата врз недвижностите, додека во овој закон не се предвидат посебни правила за неа (за евиденцијата на таквите подрачја) ќе се врши врз основа на поранешните правни правила.\nЧлен 257\nСо денот на отпочнување на примената на овој закон престануваат да важат: одредбите на Законот за основните сопственосно правни односи (\"Службен весник на СФРЈ\" бр.6/80 и 36/90); членовите 48 и 50 од Законот за домување (\"Службен весник на Република Македонија\" бр.21/98); член 688 став 2 од Законот за трговските друштва (\"Службен весник на Република Македонија\" бр.28/96, 7/97, 21/98, 37/98, 63/98 и 39/99); членовите 27, 28 и 29 од Законот за промет на земјишта и згради (\"Службен весник на СРМ\" бр.36/75, 10/79, 7/86 и 51/88); членовите од 203 до 218 од Законот за семејство (\"Службен весник на Република Македонија\" бр.80/92 и 9/96), член 35 од Законот за наследување (\"Службен весник на СРМ\" бр.35/73 и 27/78) и членовите од 137 до 143 од Законот за наследување (\"Службен весник на Република Македонија\" бр.47/96).\nЧлен 258\nДо донесувањето на подзаконскиот акт од член 136 став 4 на овој закон, работите на надлежната служба ќе ги вршат органите за внатрешни работи според досегашните прописи.\nЧлен 259\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во \"Службен весник на Република Македонија\", а почнува да се применува по истекот на шест месеци од денот на неговото влегување во сила.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82_%D0%B8_%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 22487, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2727", "title": "Апел до младите", "text": "\"''Петар Кропоткин... беше признаен од пријателите и непријателите како еден од најголемите умови... на деветнаесеттиот век... Луцидноста и брилијантноста на неговиот ум комбинирани со неговото топло срце во една хармонична целина на фасцинатна и грациозна личност.''\" - Ема Голдман\nСакам да се обратам до младите денес. Нека старите - мислам секако, старите во срцето и мислите - го остават памфлетот, без да си ги заморуваат очите читајќи нешто што ништо нема да им каже.\nПретпоставувам дека имаш околу осумнаесет или дваесет години; дека си го завршил учењето или студиите; дека само што влегуваш во животот. Ја земам како факт претпоставката дека имаш ум ослободен од празноверијата кои твоите професори се труделе да ти ги наметнат; дека не се плашиш од ѓаволот, и дека не одиш да ги слушаш празните говори на најразличните луѓе и министрите. Уште повеќе, дека не си некој од контињата, тажни продукти на општеството во распаѓање, кои ги покажуваат нивните убаво скроени пантолони и нивните мајмунски лица во паркот, и кои уште на нивната рана возраст имаат само незаситна желба за задоволство по секоја цена... Претпоставувам, спротивно, дека имаш топло срце, и заради оваа причина и ти зборувам.\nПрвото прашање, знам, ти се појавува - често пати се имаш запрашано: \"Што ќе бидам јас?\" Всушност, кога човек е млад тој разбира дека откако изучувал занает или некоја наука неколку години - на трошок на општеството, како ознака- тој не го сторил тоа за да ги користи своите способности како инструменти заради пљачкање за сопствена корист, и мора да биде навистина одземен и смртно ранет од порокот за кој не ни сонувал, дека еден ден ќе ја употреби неговата интелегенција, неговите способности, неговото знаење за да ги огласи оние кои денес ползат во беда и незнаење.\nТи си еден од оние кои имаат таква визија, нели? Добро, да видиме што мораш да сториш за да го претвориш твојот сон во реалност.\nНе знам во која класа си роден. Можеби, по игра на случајот, си го насочил своето внимание кон изучување на наука; ќе бидеш доктор, адвокат, човек на зборовите, или научник; широко поле се отвара пред тебе; влегуваш во животот со екстензивно знаење, со истренирана интелегенција. Или, од друга страна, ти си можеби само чесен занаетчија чие познавање на науката е ограничено на она малку што си го научил на училиште; но ти си ја имал предноста да научиш од прва рака, што исцрпувачката тешка работа е за работникот во нашево време.\nЗастанувам на првата претпоставка, за да се вратам потоа на втората; претпоставувам, значи, дека си стекнал научна едукација. Да претпоставиме дека имаш намера да станеш - доктор. Утре човек во партали ќе дојде за да те однесе да прегледаш болна жена. Ќе те води низ една од оние улички каде што соседите, отспротива еден на друг, можат скоро да се поздрават над главите на минувачите; влегуваш во смрдлива атмосфера, под трепкавата светлина на една мала неуредно поставена сијалица; качуваш две, три, четири, пет скалила по валканите скали, и во темна, ладна соба ја најдуваш болната жена која лежи на сламник, покриен со валкани прекривки. Слаби, мртво бледи деца, тресејќи се под нивните оскудни облеки, зјапаат во тебе со нивните големи очи широко отворени. Мажот работел целиот живот по дванаесет или тринаесет часови дневно за, било колку; сега останал без работа три месеци. Да се биде незапослен не е ретко во неговата професија; се случува секоја година, периодично. Но, често, кога тој ќе останел без работа, неговата жена работела како надничарка - можеби да ги испере твоите кошули - за заработка од петнаесет пени на ден; сега е врзана за креветот два месеци, и бедата се надвиснува над семејството, во целата нејзина валкана одвратност.\nШто ќе препишеш за болната жена, докторе - ти, кој веднаш си увидел дека причината за нејзината болест е генерална анемија, потреба за добра храна, недостаток од свеж воздух? Кажи, добар бифтек секој ден? малку вежба во природа? сува и добро вентилирана спална? Каква иронија! Ако можела да си го дозволи тоа ќе било сторено уште одамна, без чекање на твојот совет.\nАко имаш добро срце, отворен пристап, чесно лице фамилијата ќе ти каже многу работи. Ќе ти кажат дека жената од другата страна на преградата, која кашла со кашлица која ти го распарува срцето, е сиромашна пеглачка; дека неколку скалила подолу сите деца имаат треска; дека перачката која го окупира приземјето нема да доживее да ја види пролетта; и дека во соседната куќа работите се уште и полоши.\nШто ќе им кажеш на сите овие болни луѓе? Ќе им препорачаш дарежлива диета, промена на воздухот, помалку исцрпувачка работа... Посакуваш да можеш, но не се осудуваш и заминуваш со скршено срце, со клетва на усните.é.\nСледниот ден, додека сè уште размислуваш за судбината на жителите на оваа куќарка за кучиња, твојот партнер ти кажува дека вчера наминал некој слуга да го повика, овој пат во кочија. Требало да посети некоја убава куќа, и да ја прегледа дамата измачена од непроспиени ноќи, која го посветувала целиот свој живот на облекување, посети, балови, на караници со својот глупав маж. Твојот пријател í препишал помалку неразумен начин на живот, помалку топла диета, прошетки на свеж воздух, урамнотежен темперамент, и, за да ја надополни потребата од корисна работа, малку гимнастички вежби во нејзината спална соба.\nЕдната умира заради тоа што никогаш немала доволно храна ниту доволно одмор целиот нејзин живот; другата гине заради тоа што никогаш не знаела што е работа откога била родена.\nАко си од оние мизерни карактери кои се приспособуваат себе си на сè, кои од глетката на најреволтирачките настани се консолидираат себе си со нежна воздишка и со чаша шери, тогаш постепено ќе се навикнеш на овие контрасти, и на природата на ѕверот кој ги опслужува твоите настојувања, и твојата единствена идеја ќе биде да се издигнеш себе си до рангот на трагачите по задоволства, за да не можеш никогаш повторно да се најдеш меѓу бедниците. Но, ако си Човек, ако секој сентимент е претворен, во твојот случај, во акција на волјата; ако, во тебе, ѕверот не го скршил интелегентното суштество, тогаш еден ден ќе се вратиш дома, велејќи си: \"Не, ова е неправедно; ова не смее да трае подолго. Не е доволно да се лечат болестите; мораме да ги спречиме. Малку подобар живот и интелектуален развој би ги намалил нашите листи, би ги преполовил пациентите и би ги преполовил болестите. Фрли им ја физиката на кучињата! Воздух, добра диета, помалку исцрпувачка работа - така мора да почнеме. Без ова, целата докторска професија е ништо друго освен илузија и измама.\"\nТој ист ден ќе го разбереш Социјализмот. Ќе посакаш да го запознаеш потполно, и ако алтруизмот не е збор лишен од важност за тебе, ако кон изучувањето на социјалното прашање ја примениш ригидната индукција на природен филозоф, ќе завршиш најдувајќи се себе си во нашиот ранг, и ќе работиш како што и ние работиме, за да ја реализираме Социјалната Револуција.\nНо, можеби ќе речеш:\"Едноставно, практичниот бизнис нека оди по ѓаволите! Ќе се посветам себе си на чиста наука: ќе бидам астроном, физичар, хемичар. Таквата работа секогаш носи плодови, барем за идните генерации.\"\nАјде прво да разбереме што бараш од посветувањето на науката. Дали е тоа само задоволството - без сомнение огромно - кое го добиваме од изучувањето на природата и вежбањето на нашите интелектуални способности? Во тој случај те прашувам - како филозофот, кој ја изучува науката за да си го помине животот удобно, се разликува од еден пијаница, кој што бара само моментално задоволство, кое џинот му го овозможува? Филозофот, во секој случај, го одбрал своето уживање помудро, заради тоа што му овозможува задоволство далеку подлабоко и потрајно отколку на оној погоре. Но, тоа е сè! И двајцата имаат иста крајна цел, лична сатисфакција.\nНо, не, ти немаш желба да водиш ваков себичен живот. Работејќи на науката ти сакаш да работиш за хуманоста, и тоа е идејата која ќе те води низ твоите истражувања.\nПрекрасна илузија! Кој од нас не ја прегрнал за момент кога за прв пат се давал себе си на науката?\nНо, сепак, ако навистина размислуваш за хуманоста, ако сакаш да работиш за доброто на човечкиот род со твоите изучувања, тешко прашање ќе се појави пред тебе; заради тоа што, и колку малку критички дух да имаш во себе, мора веднаш да забележиш дека во нашето општество науката е само додаток на луксузот, која служи да го направи животот поудобен за неколкумина, но останува апсолутно недостижна за најголемиот дел од човештвото.\nПомина повеќе од еден век откако науката ги огласи, да речеме претпоставките за почетокот на универзумот, но колкумина ги совладале или колкумина го поседуваат вистинскиот научен критички дух? Неколку илјади таму надвор, кои се изгубени меѓу стотици милиони сè уште затворени во предрасуди и празноверија карактеристични за дивјаците, кои, како последица, се секогаш спремни да послужат како марионети за религиските измамници.\nИли, ако одиме чекор понапред, ајде да расветлиме што науката направила за да воспостави рационални основи за одржување на физичкото и моралното здравје. Науката ни кажува како треба да живееме за да го зачуваме здравјето на нашите сопствени тела, како да се одржи во добра егзистенцијална состојба масата народ на нашата популација. Но, таа залудно потрошена работа, направена во овие две насоки, не останува ли само мртов збор во нашите книги? Ние знаеме дека е тоа така. А зошто? Заради тоа што науката денес егзистира само заради една рака привилегирани личности, заради тоа што социјалната неправда, која го дели општеството на две класи - робови - надничари и приграбувачи на капиталот, ги создава сите свои учења како услови за рационална егзистенција, но тоа е само горчлива иронија на деветтиот - десеттиот дел на човештвото.\nМожам да изнесам уште многу вакви примери, но накратко: само излези од Фаустовото сопче, чии прозорци, затемнети од прашината, едвај ја пропуштаат светлината на рајското светкање на неговите полици полни со книги; погледни наоколу, и на секој чекор ќе пронајдеш свеж доказ како поткрепа на овој став.\nНе е повеќе прашање акумулирањето на научните вистини и откритија. Потребно е, пред сé, да ги рашириме тие вистини, веќе докажани од науката, да ги направиме дел од нашиот секојдневен живот, да ги направиме заедничко добро. Мораме да ги подредиме работите така што сите, целото човештво, ќе може да ги разбира и применува; мораме да направиме науката да не биде луксуз, туку основа на секој човечки живот. Тоа е она што правдата го бара.\nЌе одам подалеку: тврдам дека интересите и на самата наука се движат во таа насока. Науката може навистина да прогресира само ако новата вистина би нашла почва веќе подготвена да ја прими. Теоријата за механичката основа на топлината, иако објавена во минатиот век со истите постановки на кои Хирн и Цлаусиус ја формулираа денес, останала осумдесет години закопана во академските записи сè до времето кога знаењето на физиката се раширило доволно за да создаде публика способна да ја прифати. Три генерации требало да поминат пред идеите на Ерасмус Дарњин, за варијациите на видовите, да бидат примени од неговиот внук и признаени од академските филозофи, и дури тогаш не без притисок од јавноста. Филозофот, како и поетот или уметникот, е секогаш производ на општеството во кое работи и подучува.\nНо, ако си заразен со овие идеи, ќе разбереш дека, пред сè, најважно е да се направи радикална промена во ваквата состојба на работите која го осудува филозофот да биде натрупан со научни вистини, додека остатокот од скоро сите човечки суштества останува на ниво на кое биле пред пет, десет века - што би значело, во состојба на робови и машини, неспособни да ги совладаат докажаните вистини. И денот кога ќе се заразиш со широката, длабоката, хуманата и темелната научна вистина, тој ден ќе го изгубиш вкусот за чистата наука. Ќе почнеш да работиш на откривање на средствата за спроведување на оваа трансформација, и ако во твоите истражувања ја вклучиш непристрасноста која те водела низ твоите научни истражувања, тогаш ти неминовно ќе се адаптираш на каузата на Социјализмот; ќе престанеш со софизмот и ќе се најдеш меѓу нас. Уморен од работење заради обезбедување на задоволства за оваа мала група, која веќе има огромен дел од нив, ти ќе ги ставиш твоите информации и пожртвуваноста во служба на угнетените.\nИ биди сигурен дека, меѓу чувството на исполнета обврска и на постигнато вистинско усогласување меѓу твоите сентименти и твоето дејствување, тогаш ќе пронајдеш такви сили во себе за чие постоење не си ни сонувал. Кога, исто така, еден ден - кој не е многу далеку во секој случај, задржувајќи го присуството на нашите професори - кога еден ден, јас тврдам, промената за која работиш ќе биде постигната, тогаш, заради создадените нови сили од колективната научна работа, и заради големата помош од армиите трудбеници кои ќе дојдат и ќе ги дадат своите сили за неа, науката ќе ја премести нејзината граница понапред, во споредба на што бавниот прогрес денес ќе изгледа како обична вежба.\nТогаш ќе уживаш во науката; тоа задоволство ќе биде задоволство за сите.\nАко си завршил со читањето на законот и штотуку треба да добиеш право на адвокатура, можеби ти, исто така, имаш илузии за твојата идна професија - претпоставувам дека си еден од оние благородни души, дека знаеш што алтруизмот значи. Можеби си велиш, \"Да го посветам мојот живот на непрекината и силна борба против сите неправди! Да го употребам сето мое знаење за да го овозможам триумфот на правото, на јавното мислење како највисока правда - може ли некоја друга професија да биде поблагородна?\" Почнуваш вистинска работа во животот сигурен во себе си и во професијата која си ја одбрал.\nДобро: ајде да прочитаме една страна од Репортажите на Законот и да видиме што вистинскиот живот ќе ти каже.\nНека имаме еден богат земјопоседувач; тој бара истерување на потстанар на колиба кој не ја платил киријата. Од правен аспект случајот е неспорен; поради тоа што сиромавиот фармер не може да плати, тој мора да си замине. Но, ако ги погледнеме фактите ќе заклучиме нешто вакво: Земјопоседникот ја трошел неговата кирија постојано барајќи задоволство; потстанарот работел напорно по цел ден и секој ден. Земјопоседникот не направил ништо за да го подобри својот имот. Сепак, цената на земјата се утростручила, за период од педесет години, заради изградба на железничка пруга, поради изградба на нови патишта, заради исушување на мочуриште, заради оградување и култивација на неплодното земјиште. Но, потстанарот, кој многу допринел за ова зголемување, се уништил себе си; тој паднал во рацете на лихварите, и, до уши во долгови, тој не може повеќе да му плаќа на земјопоседникот. Законот, секогаш на страната на сопственоста, е дециден: земјопоседникот е во право. Но, ти, кај кого чувството за правда не е сè уште задушено од легалните фикции, што ќе сториш? Дали ќе го поддржиш ставот дека фармерот треба да биде исфрлен надвор на улица? - поради тоа што законот така налага - или ќе предупредиш дека земјопоседникот треба да му го плати на фармерот целото зголемување на вредноста на неговиот имот кое се должи на работата на фармерот? - тоа е она што праведноста го бара. Која страна ќе ја одбереш? На законот, а против правдата, или на правдата, а против законот?\nИли кога работникот излегол да штрајкува против господарот без претходна најава, на која страна ќе застанеш тогаш? На страната на законот, која е всушност страната на господарот кој, искористувајќи ја предноста на кризните периоди, направил огромен профит? или против законот, а на страната на работниците кои примале цело време плата од само 2 шилинзи дневно како надница, гледајќи ги нивните жени и деца како овенуваат пред нивните очи? Дали ќе застанеш зад тоа парче интриганство кое се состои во тврдењето дека постои \"слобода на договорање\"? Или ќе ја задржиш правичноста, спрема која договорот направен помеѓу човек кој што ручал добро и човек кој што го продава својот труд за гола егзистенција, помеѓу силниот и слабиот, не е договор воопшто?\nДа земеме друг случај. Овде, во Лондон, човек безделничел покрај една месарница. Тој украл бифтек и избегал со него. При неговото апсење и испрашување, се покажало дека е тој занаетчија без работа, и дека неговата фамилија четири дена немала ништо за јадење. Месарот е замолен да го ослободи човекот, но тој е само заинтересиран за победа на правдата! Тој тужи, и човекот е осуден на шест месеци во затвор. Слепата Терезија покажува така! Дали твојата совест нема да се побуни против законот и против општеството кога слушаш вакви слични пресуди секој ден?\nИли повторно, дали ќе ја спротивставиш силата на законот против овој човек кој, бил лошо одгледан и злоставуван од неговото детство, кој се нашол на туѓ имот и никогаш не слушнал ниту еден добар збор, и кој го завршува својот живот убивајќи го својот сосед за да му украде шилинг? Дали ќе бараш негова егзекуција - или уште полошо - затвор од дваесет години, кога знаеш многу добро дека тој е повеќе лудак отколку што е убиец, и во секој случај, дека за неговото злодело е виновно целото општество?\nДали ќе тврдиш дека овие ткајачи треба да бидат фрлени во затвор заради тоа што во момент на очај ја запалиле фабриката; дека овој човек кој пукал на крунисан убиец треба да биде доживотно затворен; дека овие бунтовници кои го закачиле знамето на иднината на барикадите треба да бидат убиени? Не, илјада пати не!\nАко размислуваш наместо да го повторуваш она што си го научил; ако го анализираш законот и ги симнеш матните фикции во кои е завиткан со цел да ги прикрие своето вистинско начело, што е правото на посилниот, и содржината, која отсекогаш била причина за сите тирании кои се истуриле врз човештвото низ неговата долга и крвава историја; кога ќе го разбереш ова, твојот презир кон законот ќе биде навистина длабок. Ќе разбереш дека да бидеш слуга на пишаниот закон значи да се поставиш себе си во опозиција со законот на совеста, и да тргуваш на погрешна страна; и, поради тоа што оваа борба не може да трае вечно, или ќе ја замолчиш својата совест и ќе станеш подлец, или ќе расчистиш со традицијата, и ќе работиш со нас на целосното уништување на сите неправди, економски, социјални и политички.\nНо, тогаш ќе бидеш Социјалист, ќе бидеш Револуционер.\nА ти, млад инжењеру, ти кој сонуваш за подобрување на условите на многуте работни места со примена на науката во индустријата - колку тажно разочарување, колкаво самозалажување те чека! Ја даваш корисната енергија на твојот ум за изработка на шема на железничка пруга која, врвејќи по врвовите на бездните и копајќи низ срцето на планините од гранит, ќе спои две земји кои природата ги разделила. Но, кога ќе почне да се работи на неа, ќе видиш цели полкови од работници исцрпени од немаштија и болести во овој темен тунел - ќе видиш друг дел од нив како се враќа дома носејќи, можеби, по неколку пенија, и несомнено, зачетоци на туберкулоза; ќе видиш човечки лешеви - резултат на подмолната алчност - како гранични-белези на секој јард од твојот пат; и, кога железничката пруга ќе се заврши, ќе видиш, на крајот, дека станала пат за артилеријата на окупаторска армија...\nСи го потрошил поголемиот дел од твојата младост усовршувајќи пронајдок кој ќе го олесни производството и, после многу експерименти, многу непроспиени ноќи, ти си на крајот сопственик на ова значајно откритие. Го употребуваш и резултатите ги надминуваат твоите очекувања. Десет, дваесет илјади \"раце\" се исфрлени на улица! Тие кои остануваат, повеќето од нив деца, се претворени во обични машини! Три, четири, десет господари ќе се збогатуваат и ќе го искористуваат сето тоа... Дали е ова твојот сон?\nКонечно, изучувајќи ги последните индустриски пронајдоци, сфаќаш дека изумот шивачка машина не им донел на шивачките никаква, ама баш никаква, корист; дека работникот во тунелот во Ст. Готхард умира од анкилозис, а не - борејќи се со дупчалката за дијаманти; дека слободниот ѕидар и наемниот работник се без работа, како и порано, во време на повишиците на Гиффард. Ако ги разгледуваш социјалните проблеми со истата независност на духот која те водела и низ твоите механички истражувања, ти неминовно ќе заклучиш дека поради ваквата доминација на приватната сопственост и надничарското робување, секој нов пронајдок го прави неговото робување уште потешко, неговата работа уште повеќе деградирачка, ги зачестува периодите на без-работица, ги заострува кризите, и дека луѓето кои веќе го имаат секое замисливо задоволство се единствените кои профитираат од тоа.\nШто ќе сториш кога веќе еднаш си стигнал до овој заклучок? Или ќе започнеш со замолчување на сопствената совест со софизми; тогаш, еден убав ден, ќе се простиш од своите искрени младешки соништа и ќе се обидеш да го добиеш, за себе си, она што задоволството и уживањето го бараат - и тогаш ќе преминеш во кампот на експлоататорите. Или, ако имаш нежно срце, ќе си речеш себе си: \"Не, ове не е време за пронајдоци. Да работиме најпрво на трансформација на основите на производството. Кога приватната сопственост ќе ја снема, тогаш секој нов пронајдок во индустријата ќе биде направен за да му користи на целото човештво; и оваа маса од работници, кои што денес се обични машини, тогаш ќе станат суштества кои размислуваат и кои ја применуваат својата интелегенција во производството, засилени од учењето и искусни во мануелната работа, и таквиот механички развој ќе овозможи, за педесет години, таков напредок за кој денес можеме само да сонуваме.\"\nИ што би можел да му речам на учителот - не на учителот кој на својата професија гледа како на досаден бизнис, туку на оној кој, кога е опкружен од весела група на млади краставички, се чувствува расположен заради нивните ведри лица, меѓу нивната безгрижна смеа - на оној кој се обидува во нивните мали глави да ги всади идеите на хуманоста кои тој самиот ги научил додека бил млад?\nЧесто забележувам дека си тажен, и знам што е тоа што те онерасположува. Токму овој ден, твојот омилен ученик кој, навистина, не е којзнае колку добар по Латински, но кој има навистина прекрасно срце, со толку многу енергија ја рецитираше приказната за Вилијам Тел! Неговите очи сјаеа; тој како да сакаше да ги избоде сите тирани, таму и тогаш; тој со толкав жар ги кажа страствените редови на Шилер:\nBefore the slave when he breaks his chain\nBefore the free man tremble not.\nНо, кога се врати дома, неговата мајка, неговиот татко, неговиот вујко остро го прекорија, убедувајќи го дека треба да го почитува министерот или околискиот полицаец; понатаму му зборуваа за \"мудроста, почитувањето на авторитетите, покорувањето за сопствена корист,\" сé до часот кога го остави Шилер настрана и почна да чита \"Заемна помош\".\nИ тукушто, пред некој ден, ти беше кажано дека твоите најдобри ученици се покажале како лоши. Едниот цело време сонува да стане офицер; другиот, заедно со својот господар, им краде на работниците од нивните мали дневници; а ти, кој размислуваш за тажниот контраст помеѓу твоите идеали, и животот каков што е.\nТи сé уште размислуваш за тоа! И тогаш, предвидувам дека за две години, на крајот, откако ќе доживееш разочарување по разочарување, ќе ги оставиш твоите омилени автори на полицата, и ќе завршиш велејќи дека Тел бил недвосмислено многу искрен човек, но и покрај сé неговата игра завршила; дека поезијата е најважна работа за интимата, посебно за човек кој по цели денови предавал за трите-правила, меѓутоа поетите се секогаш во облаците и нивните погледи немаат ништо заедничко со животот денес, ниту пак со следната посета на Инспекторот на Училиштата...\nИли пак, од друга страна, соновите од твојата младост ќе станат цврсти убедувања на твоето зрело доба. Ќе посакаш да има широка, хумана едукација за сите, во училиштето и надвор од училиштето; и разбирајќи дека ова е невозможно во постоечките услови, ќе ги нападнеш самите основи на буржујското општество. Тогаш, заради тоа што ќе бидеш отпуштен од Катедрата за Образование, ќе го напуштиш училиштето и ќе дојдеш меѓу нас и ќе бидеш еден од нас; ќе им кажуваш на луѓето во поодминати години, но со помали знаења отколку тебе, колку е привлечна науката, што човештвото мора да биде - односно, што можеме ние да бидеме. Ќе дојдеш и ќе работиш со Социјалистите за целосна трансформација на постоечкиот систем, рамо до рамо ќе се бориш со нас за постигнување на вистинска еднаквост, вистинско братство, за трајна слобода во светот.\nИ на крај, ти, млад уметнику, скулптору, сликару, поету, музичару, не забележуваш ли дека светиот оган кој ги инспирирал твоите претходници недостасува во денешниот човек? дека уметноста е површна и дека осредноста е нејзин врховен владетел?\nМожно ли е да биде поинаку? Задоволството на повторно откривање на стариот свет, на повторно капење во изворите на природата, кои ги создадоа ремек-делата на Ренесансата, повеќе не постои за уметноста на нашето време; без револуционерен идеал таа беше студена - сè досега, и немајќи идеал, нашите помодни уметници го пронајдоа во реалноста кога болно ја фотографираат, во боја, капката роса на листот од некое растение, ги имитираат мускулите од ногата на крава, или кога ја опишуваат прозаично и во детали одвратната нечистотија на некој шивач, тоалетата на некоја скапа курва.\n\"Но, ако е ова вака, што треба да се направи?\" велиш. А јас ти одговарам, ако светиот оган кој тврдиш дека го поседуваш е обичен фитиљ кој тлее, тогаш ќе продолжиш да го правиш тоа што и досега си го правел, и твојата уметност забрзано ќе се деградира во декорирање на продавниците на трговците, во составување на либрета за третокласни оперети, и приказни за Божиќните Празници - повеќето од вас веќе пропаѓате на овај начин...\nНо, ако твоето срце навистина чука заедно со она на хуманоста, ако имаш слух за Животот како вистински поет, тогаш газејќи низ ова море од тага чии бранови плискаат околу тебе, лице во лице со овие луѓе кои умираат од глад, во присуство на овие натрупани лешеви во рудниците, и овие осакатени тела кои лежат во купови на барикадите, гледајќи ги овие долги редови на бегалци кои ќе изумрат во снеговите на Сибир и марширајќи по тропските острови; потполно разбирајќи ја оваа очајничка борба која се води, помеѓу болниот плач на поразените и оргиите на победниците, хероизмот во конфликт со кукавичлукот, чесната посветеност лице во лице со привлечната лукавост ти не можеш да останеш неутрален; ти ќе пријдеш и ќе ја прифатиш страната на угнетените, заради тоа што знаеш дека убавината, возвишеноста, духот на самиот живот се на страната на оние кои се борат за светлината, за човештвото, за правдата!\nМе запираш конечно!\n\"По ѓаволите!\" велиш. \"Но, ако апстракната наука е луксуз и практикувањето на медицината е обично интригантство; ако законот создава неправда, и механичките изуми не се ништо друго туку средства за грабеж; ако училиштето, во несклад со мудроста на \"практичниот човек,\" е секако надминато; и ако уметноста без револуционерен идеал може само да дегенерира, што ми останува да правам?\"\nПа, ќе ти кажам.\nОгромна и многу возбудлива задача; работа во која твоето дејствување ќе биде во потполна хармонија со твојата совест, потфат способен за будење на највозвишените и најсилините одлики.\nКаква работа? - ќе ти кажам сега.\nЗависи од тебе дали континуирано ќе се бориш со својата совест, за на крајот, еден убав ден, да речеш: \"Заборави ја хуманоста, кога можам да имам многу задоволства и да уживам во нив до крај, сè додека луѓето се доволно глупави да ми го дозволуваат тоа.\" Или, уште еднаш неизбежната алтернатива, да се учествува со Социјалистите и да се работи со нив на комплетна трансформација на општеството. Тоа е непобитна консеквенца произлезена од анализите низ кои поминавме. Тоа е заклучокот до кој секој интелегентен човек, по сила на фактите, мора да дојде, претпоставувајќи дека тој искрено размислува за работите околу него, и дека ги напуштил софизмите, кој неговата буржоаска едукација и заинтересираните, од сопствен интерес, за него му ги шепотат на уво.\nКога ќе стигнеме до овај заклучок, прашањето \"Што треба да се направи?\" природно се поставува.\nОдговорот е лесен.\nНапушти ја оваа средина каде што се наоѓаш и каде што е модерно да се каже дека луѓето се ништо друго туку куп животни; придружи им сè на овие луѓе - и одговорот ќе дојде сам по себе.\nЌе видиш дека насекаде, во Англија исто како и во Франција, во Германија исто како и во Италија, во Русија исто како и во Соединетите Држави, насекаде каде што постои привилегирана и угнетена класа, работничката класа вложува огромен труд насочен кон трајно укинување на ропството, поддржувано од капиталистичката феудалност, и кон поставување на темелите на општество засновано на справедливост и еднаквост. Не е повеќе доволно, денешниот човек, да ги искажува своите поплаки во некоја од оние песни чии мелодии ти го кршат срцето, какви што беа пеени од кметовите во единаесеттиот век, и сè уште се пеат од Словенскиот селанец; тој се бори заедно со воите пријатели работници за ослободување, со свест за тоа што го прави, и против секоја препрека која ќе му биде поставена на патот.\nНеговите мисли постојано се вежбаат разгледувајќи што би можело да биде направено, со цел животот, наместо да биде проклетство за три-четвртини од општеството, да биде уживање за сите. Се зафаќа со најтешките социјални проблеми и се обидува да ги реши со помош на неговиот здрав разум, со неговата моќ на набљудување, со неговот тешко искуство. Со цел да постигне разбирање и со другите кои се мизерни како него, тој тежнее да формира групи, да се организира. Тој создава општество тешко одржувано со мали донации; се обидува да воспостави добри односи и со другите пријатели зад границите; и се подготвува за денот кога војните меѓу луѓето ќе бидат невозможни, што го прави многу подобро отколку ништожните филантропи кои сега се глупираат со модата наречена универзален мир. Со цел да дознае што работат неговите браќа, да има поблизок окнтакт со нив, за да ги разработува неговите идеи и да ги споделува со другите, тој создава - и тоа при какви оскудици, каков е тоа незапирлив напор! - свој, работнички весник. Најпосле, кога часот ќе дојде, тој се побунува, зажарувајќи ги улиците и барикадите со својата сопствена крв, продолжувајќи напред во освојување на оние слободи кои богатите и моќните, отпосле, ќе знаат како да ги корумпираат и да ги свртат повторно против него.\nКакви бесконечни серии на вложен труд! Каква незапирлива борба! Колкава работа се започнува, одново и одново: понекогаш да се пополни празнината предизвикана од дезертерството - резултат на измореноста, корупцијата, кривичното гонење; понекогаш, за да се заздрават скршените сили нападнати плотуните и ладнокрвната машинерија! Друг пат за да се пре-коментираат изучувањата кои се сериозно загрозени од демагози.\nВесниците се создаваат од луѓе кои насилно биле принудени да се откажат од парчињата на општествено знаење, заради тоа што им недостасувало храна и сон; агитацијата се одржува со ситна донација одделена од сумата потребна за набавка на основните потребштини за живот; и сето ова под константна закана дека ќе си ја види својата фамилија редуцирана до најзастрашувачка мизерија, ако господарот дознае дека \"неговиот работник, неговиот роб, е поврзан со Социјализмот.\"\nОва е тоа што ќе го видиш ако прошеташ меѓу луѓето.\nИ во оваа непрекината борба, колку пати работникот залудно не се запрашал, уморен од тежината на својот товар:\n\"Каде се, тогаш, сите овие млади луѓе кои беа учени на наш трошок? Овие млади кои ги храневме и облекувавме додека студираа? Каде се оние за Кои, со нашите грбови подвиткани под нашите товари, и со празни стомаци, ги изградивме овие куќи, овие универзитети, овие училници, овие музеи? Каде се луѓето за чие добро, ние, со нашите бледи, изморени лица, ги печатевме овие убави книги, од кои повеќето не ни можеме да ги прочитаме? Каде се тие, овие професори кои тврдат дека ја поседуваат човечката наука, и за кои самото човештво не е вредно ниту колку една ретка гасеница? Каде се луѓето кои постојано зборуваат со фрази за слободата, и никогаш не размислуваат да ја крунисаат нашата слобода, која лежи изгазена под нивните нозе? Каде се тие, овие писатели и поети, овие сликари и скулптори? Каде е, со еден збор, целата банда на лицемери кои зборуваат за луѓето со солзи во очите, но кои никогаш, во никој случај, нема да се најдат себе си меѓу нас, помагајќи ни во нашата макотрпна работа?\"\nИ каде се, навистина?\nЗошто, некои се извлекуваат со крајно кукавичката индиферентност; други, мнозинството, ја презираат \"валканата банда,\" и се спремни да удрат на нив ако се осудат да допрат некоја од нивните привилегии.\nОвде и онде, навистина, ќе ни пристапи некој млад човек кој сонува за тапани и барикади и трага по сензационални сцени, но ја напушта каузата на народот кога ќе сфати дека патот до барикадите е долг, дека работата е тешка, и дека лауреатните круни кои треба да се освојат во кампањата се испреплетени со трње. Генерално, ова се амбициозно шемаџии, без работа, кои не успевајќи во нивните првични напори, се обидуваат на овој начин да ги измамат гласовите на луѓето - со умилкување, но кои малку подоцна ќе бидат првите кои ќе ги отфрлат принципите кои им ги ветиле, кога луѓето ќе побараат да бидат имплементирани; можеби ќе бидат спремни и да ја свртат артилеријата и Чуварите против нив, ако народот се осуди да дејствува, пред тие, водачите на движењето, да дадат сигнал.\nДодај ги пакосните навреди, надуениот презир, кукавичкото клеветење од големото мнозинство, и ќе знаеш што луѓето можат да очекуваат деновиве, од повеќето од младите од горните и средните класи, од аспект на помошта за социјалната еволуција.\nНо, прашуваш тогаш, \"Што би требало да правиме?\" Кога треба сè да се направи! Кога цела армија на млади луѓе ќе пронајдат многу за да го ангажираат целиот капацитет од нивната младешка енергија, целата сила на нивниот интелект и нивниот талент, за да му помогнат на народот во огромната задача која ја има превземено!\nШто би требало да правиме? Слушај.\nВие, вљубеници во чистата наука, ако сте заинтригирани од принципите на Социјализмот, ако сте го разбрале вистинското значење на револуцијата, која и сега тропа на вратата, не гледате ли дека целата наука треба да се преиспита за да се постави во хармонија со новите принципи; дека ваша работа е да остварите, во ова поле, револуција многу поголема отколку онаа која беше остварена во осумнаесеттиот век? Не разбирате ли дека историјата - која денес е приказна на бабите за големите кралеви, големите државници и големите парламенти, дека самата историја треба да биде напишана од аспект на народот, од аспект на работата сработена од народот во долгата еволуција на човештвото? Дека социјалната економија која денес претставува само легализација на капиталистичкиот грабеж - мора да биде изработена одново, во нејзините фундаментални принципи, како и во нејзините безбројни апликации? Дека антропологијата, социологијата, етиката, мора да бидат потполно преиспитани, и дека и самите природни науки, разгледувани од друг аспект, мора да издржат темелна модификација, исто и концепцијата на природниот феномен, а со респект во однос на методот на експозиција.\nДобро, тогаш, да понеме со работа! Ставете ги своите способности на располагање на добра цел. Посебно, помогнете ни со вашиот здрав разум во борбата против предрасудите и во поставување, со ваша синтеза, на основите на подобра организација; и уште повеќе, научете не, научете нè во нашите секојдневни дискусии да ја применуваме бесстрашноста на вистинските научни истражувања и покажете ни, како што ни покажаа вашите претходници, како луѓето се осудуваат да го жртвуваат дури и својот живот, за триумф на вистината.\nВие, доктори, кои сте го научиле Социјализмот од горчливо искуство, кои не се уморивте да ни кажувате дека денес, утре, и понатаму ќе се распаѓаме ако човекот остане во овие услови на егзистенција и работа; дека сите ваши медикаменти се бесполезни против болеста, сè додека мнозинството од човештвото вегетира во услови апсолутно спротивни на оние за кои науката тврди дека се здрави; убедете ги луѓето дека корените на болестите мора да бидат отстранети и покажете ни на сите што е неопходно за да се искоренат.\nДојдете со вашиот скалпел и дисецирајте го за нас, со мирна рака, ова наше општество, кое ита кон распаѓање. Кажете ни што рационалната егзистенција би можела и треба да биде. Инсистирајте, како вистински хирурзи, дека гангренозните екстремитети мора да бидат ампутирани кога има опасност да го заразат целото тело.\nВие, кои работите на аплицирање на науката во индустријата, дојдете и кажете ни искрено кои се резултатите од вашите откритија. Убедете ги оние кои не се осудуваат храбро да маршираат кон иднината, какви сè нови пронајдоци, знаењето кое го бараме, носи во својата утроба, што индустријата може да направи кога условите би биле подобри, што човекот со леснотија би можел да произведе ако произведувајќи би го имал во предвид зголемувањето на тоа производство.\nВие поети, сликари, скулптори, музичари, ако ја разбирате вашата вистинска мисија и вистинските интереси на самата уметност, дојдете со нас. Ставете го вашиот налив, вашиот молив, вашето длето, вашите идеи на располагање на револуцијата. Преставете ни ја иднината со вашиот елоквентен стил, или вашите импресивни слики, херојската борба на народот против своите угнетувачи; запалете ги вашите младешки срца со револуционерен ентузијазам кој ги распламтил душите на нашите претци; кажете им на жените каква пламенита кариера е онаа кога сопругот ќе го посвети неговиот живот на големата кауза на социјалната еманципација! Покажете им на луѓето колку е одвратен нивниот живот, и ставете ја раката на причините за таквите грдотии; кажете ни како би изгледал реалниот живот ако не би бил на секој чекор запиран од глупостите и срамот на нашиот сегашен социјален систем.\nИ на крај, сите вие кои поседувате знаење, талент, капацитет, индустрија, ако постои искра на милост во вашиот карактер, дојдете, вие и вашитепријатели, дојдете и ставете ги вашите услуги на располагање на оние на кои најмногу им требаат. И запомнете, ако веќе доаѓате, не доаѓајте како господари, туку како другари во борбата; дека не доаѓате да владеете, туку да соберете сила за новиот живот, кој граби напред во освојување на иднината; дека повеќе доаѓате за да ги сфатите аспирациите на мнозинството, отколку да ги учите; да ги облагородите, да им дадете форма, и тогаш да работите без одмор и двоумење, со целиот младешки жар и со одлучноста на вашите години, за да ги остварите во практичниот живот. Тогаш, и само тогаш вашата егзистенција ќе биде потполна и балгородна. Тогаш ќе видите дека секој вложен напор на овој пат ќе ви носи плодови во изобилство, и дека оваа сублиматна хармонија, помеѓу вашето дејствување и диктатот на вашата совест, еднаш воспоставена, ќе ви даде моќи за кои не сте ни сонувале дека ги поседувате.\nНепрекината борба за вистина, правда и еднаквост меѓу луѓето, чија благодарност ќе ја добиете - каква поблагородна кариера би посакале младите од сите нации отколку оваа?\nМи требаше многу време за да ти покажам, разгледувајќи ги класите, дека во поглед на дилемата каков живот ти претстои, ќе бидеш присилен, ако си храбар и искрен, да дојдеш и да работиш рамо до рамо со Социјалистите, и да ја славиш во нивните редови каузата на социјалната револуција. А сепак, после сè, колку е едноставна оваа вистина! Но, кога некој им зборува на оние кои страдале од ефектите на буржоаската околина, колку многу софизми мора да бидат победени, колку многу предрасуди надминати, колку многу тенденциозни приговори отстранети!\nМногу е лесно да се биде краток, денес, во обраќањето до вас, младоста на човештвото. Самиот притисок на настаните имплицира дека е потребно да станете Социјалисти, и колку малку да имате храброст и причина за дејствување.\nДа се издигнеш од редовите на работниците, а да не се посветиш на работата за триумф на Социјализмот, значи да не ги разбереш вистинските интереси, ставајќи ги на коцка, да се откажеш од каузата и вистинската историска мисисја.\nСе сеќаваш ли еднаш, кога беше сè уште само дете, кога еден зимски ден излезе надвор да поиграш во твојот темен двор? Студенилото ги штипеше твоите раменици преку твојата тенка облека, а калта го проби патот до твоите износени чевли. Уште тогаш, гледајќи ги дебелите, богато облечени, деца како поминуваат во далечината, гледајќи те со презир, ти добро знаеше дека овие галеничиња, топло облечени, не беа еднакви со тебе и не беа твои другари, било по интелегенција, здрав разум, или енергија.. Но, подоцна, кога беше присилен да замолчиш, во некоја валкана фабрика - од пет или шест часот наутро да остануваш дванаесет часови, до некоја вртлива машина, и, и самиот претворен во машина, да бидеш присилен да го следиш, ден за ден, година за година, нејзиното движење, проследено со непрекината бучава - а, во меѓувреме, тие, другите, мирно се школуваа во убави училишта, академии, по универзитетите. И сега овие исти деца, помалку интелегентни, но подобро школувани од тебе, станаа твои газди и уживаат во сите задоволства на животот и во сите предности на цивилизацијата. А ти? Каква судбина те очекува?\nСе враќаш во мала, темна, влажна соба, каде пет или шест човечки суштества се притиснати во неколку квадратни метри; каде што твојата мајка, на кој и е смачено од животот, повеќе остарена од проблемите, отколку од годините, како единствена храна ти понудува сув леб и домати, и црна течност, во иронија наречена чај; и за да им избегаш на лошите мисли, го имаш вечното прашање, \"како утре ќе му платам на пекарот, и на газдата на станот задутре? \"\nШто! Мораш ли да се влечкаш по таа уморна егзистенција како и твојот татко и твојата мајка, триесет и четириесет години? Мора ли да го претвориш својот живот во работа за да ги обезбедиш, за другите, сите задоволства што богатството, знаењето, уметноста ги нудат, а за себе да добиеш само непрекината нервоза, заради тоа што сè што можеш да добиеш е само парче леб? Ќе се убиваш ли од работа, а за возврат ќе добиваш само проблеми, ако не и мизерија, кога тешките времиња - ужасните тешки времиња - ќе те стигнат? Ова ли го бараш од животот?\nМожеби ќе се откажеш. Не гледајќи излез од твојата состојба, можеби ќе си речеш, \"Цели генерации ја имале истата судбина, и јас, кој не може да промени било што во однос на тоа, и јас морам да се помирам, исто така. Да работиме тогаш, и да се трудиме да живееме колку што подобро можеме! \"\nДобро. Во тој случај, тешкотиите на самиот живот ќе те облагородуваат.\nЕден ден ќе се случи криза, една од оние кризи која не е само привремен феномен, какви што беа до пред малку, туку криза која ја уништува целата индустрија, која илјадници работници ги потопува во беда, која растура цели фамилии. Ти се бориш, како и другите, против несреќата. Но, наскоро ќе видиш како твојата жена, твојот пријател, малку по малку, и подлегнуваат на немаштијата и пропаѓаат пред твоите очи. Токму заради недостаток од храна, недостаток од грижа и медицинска помош, ги завршуваат своите денови на скитничка носилка, додека животот на богатите поминува во развеселените толпи низ улиците на големиот град, болскотејќи под сончевите зраци - тотално незаинтересирани и индиферентни на претсмртниот плач на оние кои пропаѓаат.\nТогаш, ќе разбереш колку е крајно револтирачко ова општество; ќе ги побараш причините за овие кризи и твоето истражување ќе стигне до самиот корен на овој парадокс, кој милиони човечки суштества ги остава на милост на бруталната алчност на една рака бескорисни ништожници; тогаш, ќе разбереш дека Социјалистите се во право кога тврдат дека денешното општество може да биде, дека мора да биде реорганизирано од врвот до дното.\nДа преминеме од општата криза до твојот конкретен случај. Еден ден, кога твојот газда ќе се обиде, со нова редукција на дневниците, да исцеди од тебе уште неколку пенија, со цел уште повеќе да го зголеми своето богатство, ти ќе протестираш; но, тој вообразено ќе ти одговори, \"Оди и јади трева, ако не сакаш да работиш за цената која јас ти ја нудам.\" Тогаш, ќе сфатиш дека, твојот газда, не се обидува само да те потстриже како овца, туку и дека гледа на тебе како на некој инфериорен вид на животно, исто така; дека, незадоволен само од тоа што те држи во својата непопустлива прегратка, со средствата на надничарскиот систем, тоја понатаму сака да те направи и роб, во секој аспект. Тогаш, или ќе се поклониш пред него, ќе се откажеш од своето човечко достоинство, и ќе завршиш трпејќи го секое можно понижување; или, крвта ќе ти удри во главата, ќе отскокнеш од одвратната стрмнина по која се лизгаш надолу, ќе возвратиш остро, и, оставен без работа, на улица, ќе разбереш колку се Социјалистите во право кога велат, \"Побуни се! Стани против ова економско ропство!\" Тогаш, ќе дојдеш и ќе си го пронајдеш своето место во редовите на Социјалистите и ќе работиш со нив на целосно уништување на сите ропства - економско, социјално и политичко.\nЕден ден, повторно, ќе ја слушнеш приказната за таа шармантна млада девојка, на чие весело држење, убави манири, радосен говор ти со љубов се восхитуваше. Борејќи се, години и години со немаштијата, таа го напуштила своето родно село заминувајќи во градот. Таа, иако знаела дека таму борбата за егзистенција мора да биде тешка, се надевала дека барем чесно ќе заработува за живот. Па, сега знаеш каква била нејзината судбина. Откако некој син на капиталист и се додворувал, таа си дозволила себе си да биде заведена од неговите убави зборови, и му се дала со целата младешка страст, за да на крајот биде напуштена со бебе во рацете. Храбра по карактер, таа воопшто не престанала да се бори; но, била скршена во оваа нерамноправна борба против студот и гладот, и го завршила својот живот во една од болниците, никој не знае која...\nШто ќе сториш? Уште еднаш имаш две опции. Или ќе ги оттурнеш сите непријатни спомени со некоја глупава фраза. \"Не е ни прва ни последна,\" ќе речеш. Можеби, некоја ноќ, ќе раскажеш, во некоја јавна просторија, во друштво со други такви ѕверови како тебе, некоја валкана приказна, силувајќи го споменот на младата девојка; или, од друга страна, твоите сеќавања на минатото ќе го трогнат твоето срце; ќе се обидеш да се сретнеш со заводникот и да го обвиниш директно в лице; ќе ги пронајдеш причините за овие настани кои се случуваат секојдневно, и ќе сфатиш дека нема да престанат сè додека општеството е поделено во две групи; од една страна несреќните, а од друга мрзливите - шарлатаните со нивните фини фрази и животински страсти. Ќе сфатиш дека е крајно време да се премости овој сепарациски јаз, и ќе побрзаш да се најдеш себе си меѓу Социјалистите.\nА, ти, жено од народот, те остави ли ова ладна и незаинтересирана? Додека ја милуваш убавата глава на тоа дете кое се прилепува блиску до тебе, дали некогаш размислуваш за судбината која го очекува, ако сегашните социјални услови не се променат? Дали никогаш не се замислуваш над судбината која и претстои на твојата млада сестра, и сите твои деца? Дали посакуваш твоите синови, и тие исто, да вегетираат како што вегетираше твојот татко, со единствена грижа во денот, како да се дојде до леб, со никакво задоволство освен од она во палатата наречена џин? Дали посакуваш твојот маж, твоите деца, да бидат оставени секогаш на милост на првиот што ќе дојде, кој наследил од својот татко капитал со кој ќе ги експлоатира? Не си ли бесна поради тоа што ќе треба да бидат робови на газдите, храна за барутот, обично ѓубриво со кое се ѓубрат пасиштата на богатите ограбувачи?\nНе, никогаш; илјада пати не! Знам добро дека вашата крв зовре кога слушнавте дека вашите мажи, откако излегоа на штрајк, полни со оган и одлучност, завршија прифајќајќи ги, со капите во рацете, условите диктирани од буржоазијата, закопана во тони од вообразени желби! Знам дека им се восхитувавте на оние шпански жени, кои во познатото востание ги покажуваа своите гради на бајонетите на војниците, во првите редови на инсурекционалистите. Сигурен сум дека со почит го спомнувате името на жената која смести куршум во градите на тој разбојнички функционер кој се обидел да силува социјалистички затвореник во нејзината ќелија. И сигурен сум дека вашите срца чукаат побрзо кога читате како работничките жени во Париз се собрале под дождот за да ги охрабрат \"нивните мажи\" за херојска акција.\nТогаш, секој од вас, искрени млади луѓе, мажи и жени, селани, работници, уметници и војници, ќе разберете кои се вашите права и ќе дојдете со нас; ќе дојдете со цел да работите без здив за Револуцијата, која, отфрлајќи го секој белег на ропството, раскинувајќи ги оковите на парчиња, расчистувајќи со старите излитени традиции, и отварајќи за сите нов простор за безгрижна егзистенција, на крајот ќе воспостави вистинска Слобода, вистинска Еднаквост, радосно Братство во општеството: работа со сите, работа за сите - целосно уживање во плодовите од сопствената работа, комплетен развој на сите дисциплини, рационален, хуман и среќен живот!\nНе дозволувај никому да ни кажува дека ние - само мала група - сме преслаби за да стигнеме до величествената цел кон која се стремиме.\nИзброи и види колкумина од нас сме таму кои страдаат од оваа неправда.\nНие, селаните, кои работиме за другите и ја џвакаме сламата, додека нашите господари го јадат житото, само ние сме милиони луѓе.\nНие, работниците, кои вееме свили и кадифиња, за да на крајот се облечеме во партали, ние, исто така, сме голема толпа; и кога фабричкиот звук ќе ни дозволи момент на одмор, ние ги преплавуваме улиците и квартовите, како морето во пролет.\nНие, војниците, кои нè шетаат наоколу со командни зборови или со свирки, ние кои ги примаме куршумите за кои нашите офицери добиваат крстови и пензии, ние, исто така, сме биле сиромашки и будали, кои досега не знаевме за ништо подобро - освен да пукаме во нашите браќа, зашто, треба само, на овие надуени и декорирани персони кои се толку вешти да нè командуваат, да им погледнеме директно в лице, за да видиме како ужасно бледило им ги прекрива лицата.\nДа, сите заедно, ние кои страдаме и сме навредувани секојдневно, ние сме толпа која никој не може да ја изброи, ние сме океанот кој може да го прегрне и проголта сето друго.\nСамо кога ќе имаме волја да го сториме тоа, тој ист момент Правдата ќе биде задоволена: тој ист момент тираните на Земјата ќе го изедат правот.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BF%D0%B5%D0%BB_%D0%B4%D0%BE_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 8155, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2931", "title": "Правилник на четите на Тајната македонско-одринска револуционерна организација", "text": "ПРАВИЛНИК НА ЧЕТИТЕ НА ТАЈНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА\nГлава I\nВо секој Револ. околијски реон се уредува една чета како неразделен дел од организацијата. Таа се движи тајно по реонот по потреби на делото и е под наредбата на месниот комитет.\nГлава II Назначување на четата\nа) Агитација\nЧл. 1. Четата, како дополнителен дел на месната реонска организација, ја објаснува и распространува меѓу населението идејата, целта и задачите на организацијата, определени во нејзиниот статут и правилник.\nЧл. 2. Во места, кадешто има создадени организации, ги подготвува членовите на овие организации за вистински народни борци, ги упатува во духот и правецот на организацијата и ги закрепнува во организационен и дисциплинарен однос; а во места, кадешто нема организација, но има почва, организира такви, согласно статутот и правилникот на организацијата и за направеното му соопштува на реонскиот комитет (раководно тело) за податок и соодветна наредба.\nЧл. 3. Ја спроведува меѓу населението преку убедување и морално влијание идејата за самовооружување.\nб) Организација\nЧл. 4. Како дополнение на дејноста на месните раководители во селата и градовите, четата уредува раководни тела, групи, извршна полиција, тајна пошта, ги средува сметките и списоците на членовите во селските месни комитети и воопшто уредува сe, кое што е предвидено во правилникот, но не е дотогаш извршено.\nЧл. 5. Четата ги организира силите на организацијата со подршката на раководителите по селата и градот во боев однос, ги обучува момчињата на борбено искуство и ги подведува под борбена дисциплина.\nВ) Извршна задача\nЧл. 6. Четата по наредба на реонскиот раководител сама ги извршува или поткрепува преносувањата на борбените материјали во својот реон. Нејзе й се препушта грижата за раздавање на оружјето меѓу населението (членовите на организацијата) и неговото зачувување во добра состојба, било во складовите, било по работниците.\nЧл. 7. Ги поткрепува раководните тела во принудното собирање на пари, кога врз посочените лица од раководителите, употребува морално и физичко влијание и насилство; да влијае на разни членови и нечленови на организацијата за нивното вразумување.\nЧл. 8. Ги уништува по наредбата на комитетот подложените на смртна казна.\nЧл. 9. Го демнее и парализира пренесувањето на оружје, кое што попаѓа во непријателски раце; ги демнее и гони разбојниците, биле тие турци или христијани, како и секоја чета, што не му припаѓа на организацијата, и со согласноста на месното реонско раководно тело ги превзема нужните мерки за нивното уништување или за парализирањето на нивните дејствија.\nЧл. 10. Четата врши политички кражби и грабежи, но само со дозвола на месното реонско раководно тело и Централниот комитет, во името на ослободителното дело и за него. Парите, земени на тој начин, припаѓаат на општата организациона каса; тие се прибираат со знаење на целата чета и се предаваат со потврда на месното раководно тело, кое што ги препраќа во Централниот комитет. Во исклучителни случаи, се внесуваат во заедничката организациона каса на начин, каков што ќе се најде за најсигурен.\nг) Крајна задача\nЧл. 11. Четата е наменета да служи во својот реон, како јатка и смртна дружина за време на востанието; таа прва треба да го подигне знамето на револуцијата по наредбата на Централниот комитет, да го поддржува и оживува духот на борците во самата борба и во најтешките времиња и минути. За постигањето на таа крајна задача за време ма нејзината подготвителна активност, таа треба да има предвид: а) со своето примерно поведение спрема населението, да му стане омилена, па тоа да ја следи за време на борбата; б) со зборови и храбри дела, што се несебични и што произлегуваат од искрената преданост кон ослободителното дело, да биде кај членовите на организацијата како пример на вистински народни борци за слободата на земјата и со тоа да го поттикне, окуражи и приврзе кон себеси; в) да се подготват колку се може повеќе верни другари помеѓу членовите на организацијата — способни докрај да ја издржат борбата, кога ургира кон поодбраните луѓе да земат учество заедно со неа, во разните ризични потфати, или ќе ги поттикнува и тера тие сами да вршат такви.\nГлава III Општи прописи за четата\nЧл. 12. Во своето движење и дејствија, четата треба да гледа по можност да го зачува во тајна не само делото, туку и своето суштествување, како и да одбегнува потфати, коишто можат да довлечкаат големи несреќи за месното население и катастрофи за организацијата.\nЧл. 13. Како дел од револуционерната организација таа треба да го сообразува поведението, проповедите и своите дела со правилникот на организацијата, со општите прописи на Централниот комитет и воопшто со духот и правецот на организацијата.\nЧл. 14. Таа треба строго да ги почитува прописите во правилникот на организацијата за таинственоста: а) работата за делото од едно село, не треба да се соопштува во друго; б) за своите дела и за работи на организацијата, треба да чува строга тајна пред секој друг, освен пред главниот месен раководител и пред полномошникот на Централниот комитет; в) по можност по патишта и по селата да одбегнува средби со луѓе, туѓи на ослободителното дело; г) на момчињата од четата им се забранува, од просто љубопитство да се распрашуваат и да ги разузнаваат работите на организацијата, кои не им влегуваат во задачите.\nЧл. 15. За извршување на некоја акција во полза на делото, кадешто се потребни повеќе сили, или за запазување од посилен непријател, четите од соседните реони можат да се спојат привремено во една, под командата на началникот на месната чета. Повикувањето за спојување се случува со покана преку раководителите, или во краен случај преку началниците на четите. Четата од еден реон, може да влегува во друг без одобрение, за да се прикрие од гонењето на непријателот, во којшто случај таа е обичен гостин под командата на тамошниот началник на четата и под наредбата на тамошното месно раководно тело. Во слични случаи, т. е. спојување за определена акција во полза на делото и за свое самоодржување, четата може да се послужи привремено и со надворешни луѓе и да влегува во отворена соработка со дејци од друг реон. Надвор од овие случаи, четата по никој начин не може да оди без одобрение во друг реон.\nЧл. 16. Напаѓање на цели села, обиди за кревање на села за бунт — воопшто потфатите од покрупен карактер, коишто можат да ја завлечат организацијата предвремено во борба, се сметаат за дела, престапни и предавнички. Виновниците се прогонуваат и казнуваат како престапници и народни душмани.\nЧл, 17. Четата нема право да изврши никакви убиства без одобрение на месниот реонски комитет (раководно тело). Исклучок од ова се прави во следните случаи: а) за докажани шпиони и предавници, но да се почитува, да при нивното уништување да не се даваат излишни жртви; б) кога е принудена при случајна средба заради самоодбрана или спасување на делото; в) за уништување на некаква разбојничка банда или чета, што не му припаѓа на организацијата.\nЧл. 18. Четата го изучува својот, а по можност и соседните реони, во географски и борбен поглед: патиштата, патеките, реките, распоредот на планините, сите стратегиски пунктови, што одговараат за прикривање и одбрана или напад на непријателот; духот, бројноста и оружената подготовка на револуционерното и турското население; воените сили на непријателот и посебно по пунктовите од реонот и други такви.\nГлава IV Однос на четата со комитетот\nЧл. 19. Четата во општите работи е потчинета на месното реонско раководно тело. Таа ги исполнува неговите наредби и за сите свои работи и потфати од него бара одобрение и дозвола, и нему му реферира за сe што е извршено од неа. Своите контакти со него ги води на начин, каков што заемно ќе си го определат.\nЧл. 20. Наредбите на ЦК и реонското раководно тело до селските комитети, четата не може да ги пренебрегнува и игнорира. Да се поткрепува установениот ред во реонот меѓу селата и градот. Секој месец таа е должна да му дава на раководното тело полн отчет за извршеното од неа, кој се испраќа во ЦК.\nЧл. 21. Раководното тело е должно да се грижи за навременото доставување на сe што му е потребно на четата, за вооружувањето, храната, облеклото и нејзината поддршка. Тоа, кога му дава наредби на четата за работа и движење, должно е во истото време да преземе сите мерки, за да й даде можност за олеснувања и засилување за нејзиното брзо и сигурно движење и криење, или за извршување на акциите, како и навреме да ги задоволува сите нејзини справедливи барања.\nЧл. 22. Четата за јатаци, посредници и поткрепувачи треба да има само луѓе на организацијата, затоа пак раководното тело е должно да се распореди до сите месни организации во реонот за да й ја даваат нужната помош и поддршка и да се грижат за нејзината сигурност.\nЧл. 23. Договорите меѓу началникот на четата и комитетите (раководните тела), можат да се одвиваат и усно преку здрави и сигурни луѓе, пратеници од едната и другата страна, или писмено по организираниот организационен канал. За потфати од поважен карактер, сврзани со некаква одговорност, како убиства, кражби и др. слични; раководното тело треба да издава писмена наредба, за да има четата документ.\nЧл. 24. Недоразбирања меѓу четата и селските комитети ги решава реонскиот комитет (раководното тело), а оние меѓу последниот и четата ги решава Ц. Комитет преку лично испитување на работата или по специјален негов пратеник. На поплаките на четата до Ц. Комитет, било од реонското раководно тело, било од положбата на работите по делото, општо земено, реонското раководно тело е должно да даде тек по комитетскиот канал.\nЧл. 25. Четата може да го измени или напушти својот реон само по упатство и одобрение на Ц. Комитет.\nЧл. 26. Самоволното напуштање на реонот се смета за самоволие. Растурање на четата се случува само по наредба од Ц.Комитет.\nГлава V Состав и внатрешен ред на четата\nЧл. 27. Четата се состои обично од 7 или повеќе души, според нуждата и условите, во коишто се наоѓа реонот. Таа си има командир, кој се определува од Ц. Комитет.\nЧл. 28. Момчињата од четата треба да бидат готови и способни да ги поднесат сите тешкотии на шумскиот и таен живот и ризичноста на нивната работа: тие треба да се клетвени членови на организацијата, по можност поразбудени и посвесни борци, со докажана карактерност, доследност, морал и несебичност — со еден збор, да бидат угледни борци, за да ја направат таква и самата чета. За момчињата, коишто бараат лична одмазда и лични интереси, нема место во овие чети.\nЧл. 29. Изборот на момчињата за четата се случува со согласноста на месното реонско раководно тело.\nЧетата не може да прими во својот состав нов член без согласност на раководителот, но и овој последниот не може да наложи таков, наспроти желбата на четата.\nЧл. 30. Четата служи како привремено сврталиште на работници, кои за работи по делото се прогонуваат и компромитираат пред властите и станале невозможни за јавно живеење во своето место. Овие или други луѓе на делото, кои би дошле директно до четата, таа ги држи кај себеси, едноставно на чување, додека се споразумее со раководното тело.\nЧл. 31. Им се препорачува на момчињата: а) скромност во облеклото, воздржаност во манирите со луѓето и во барањето на храна. Добивање на храна, прибежиште и поддршка преку насилство се забранува, освен во крајно неодложни случаи. Самоволија и непристојности на момчињата по куќите, кои можат да ја компромитираат четата пред населението, се осудуваат, а тие со пијанство и блудство се казнуваат најмалку со разоружување и исклучување од четата и организацијата; момчињата треба да се сакаат меѓу себе како браќа и секој од нив да е готов да се жртвува за другарите. Секој е должен да му притекне на помош на западнатиот другар во опасност.\nЧл. 32. При прв знак, дека некое момче за лично самоодржување и спас го напушти својот другар во моментот на опасност и не му помогне, а е во можност тоа да го направи, тој се исклучува од четата и организацијата, како страшливец.\nЧл. 33. Секое момче е должно да отстапува од личните желби и предлози за работа, штом дружината не се согласи со него. Итрувањата и интригите во четата се осудуваат од неа и виновниците се опоменуваат од другарите.\nЧл. 34. Како луѓе, што му служат на едно свето дело, момчињата братски делат меѓу себе сe (храна, предмети и др.), што им попадне или им се даде. Командирот во овој случај нема пособно право. Среброљубието, користољубието и саможивноста кај момчињата се сметаат за лоши квалитети.\nЧл. 35. Момчињата кои се родум од местото каде што работат, им се препорачува да одбегнуваат средби со домашните, роднините и пријателите. Без дозвола на командирот, никое момче не може да ја напушти четата и да оди во својот дом или кај некој познат. По можност момчињата треба да ги кријат имињата, потеклото, местото на раѓање и својот живот.\nЧл. 36. Никое момче не може да ја напушти својата чета со цел да отиде во друга чета, без одобрение. При сличен обид и при напуштање на четата без оправдани причини, засекогаш се исклучува од организацијата.\nЧл. 37. Оружјето на четата се смета за комитетско и кога некое момче засекогаш ќе ја напушти четата, командирот на четата го прибира неговото оружје и му го предава на комитетот.\nЧл. 38. Командирот на четата раководи со сите работи, што се однесува до животот, движењето на четата и исплонувањето на разните нејзини потфати. Тој го определува местото и времето за сместување, живеење и криење на четата; ја определува стражата и ги превзема сите нужни безбедносни мерки за четата. Распоредува сe за доставување и раздавање на храната и другите реквизити на четата; тој ги решава и недоразбирањата меѓу момчињата или пак меѓу нив и населението.\nЧл. 39. Планот за акциите го определува командирот во советување со целата дружина, а исплонувањето се раководи и командува од командирот, кој има право на свое наоѓање да ги распределува момчињата и да им дава задача, да го избира местото и времето за работа на секое момче и др., кога се побара од раководителот некое момче за работа, командирот прави избор; негово е правото да назначува момче од четата за обуката, кога тој точно не може да ги раководи.\nЧл. 40. Во сите гореизложени случаи, дружината е должна да му се потчинува и да го слуша, но и тој - командирот - е должен во односите со четата да биде вистински нивен другар. Во наредбите, да ги избегнува грубостите и непристојностите и да ги уважува мислењата и желбите на дружината, доколку со тоа не се урива редот на работата.\nЧл. 41. Во случај на неслагање меѓу момчињата за некој план или друго прашање, гласот на командирот е тој што решава. Општите спорови, кои командирот не може да ги реши, како и недоразбирањата меѓу дружината и командирот, ги решава реонското раководно тело, со лично испитување на спорот од него или неговиот пратеник. Командирот е должен да дава тек на поплаките на момчињата и да ги препраќа до месниот или Ц. Комитет. До разгледување на поплаката, поплакувачот е должен со ништо да не го нарушува редот на четата.\nЧл. 42. Од момчињата во четата многу зависи таа да ги исполни добро своите задачи. Од нивното примерно поведение спрема населението, многу зависи да биде сакана од него; само при добро чување на внатрешниот ред од целата дружина и при полна слога меѓу момчињата, таа може да стане пример за сите. Успешното исполнување на каква и да било работа е возможно само кога секое момче со ревност ќе ја служи и исполнува доверената задача од командирот. Во сите овие односи за грешките на четата пред комитетот, еднакво се одговорни и командирот и момчињата.\nЧл. 43. Момчињата имаат право еднакво со командирот да земат учество во агитациите, во духот и правецот на организацијата, кога ќе се спазува редот во говорењето.\nЧл. 44. За внатрешниот ред и примерната дисциплина во четата, така неопходна за неа, во секој поглед, главната грижа лежи на командирот, но не е ослободена од тоа и целата дружина. Недоразбирањата, вообичаените грешки и пропустите на четата се изгладуваат по мирољубив начин. Грубостите треба да се одбегнуваат.\nЧл. 45. Поголеми престапи и гревови, како нередовност во стражата, во исплонувањето на некоја доверлива мисија, спротивставување со предомислување на командирот или на целата чета, скршнување со зборови или дела од духот на организацијата и за други сл. виновниците се караат во присуството на целата чета. При непоправливост, повторна непослушност, големо скршнување од духот на организацијата, при докажани користољубивост и неморалност, за пијанство и лоши односи со другарите и работниците на организацијата и напуштање на четата по свое барање, макар и со одобрение на командирот на четата, се отстранува од четата и засекогаш се исклучува од организацијата.\nЧл. 46 Смртна казна се предвидува во следните случаи: а) кога некое момче се обиде да направи или се дознае дека крои да изврши предавство за некој работник на делото или кон четата и организацијата; б) кога издаде тајни работи, од што би излегла опасност за организацијата или за четата или за некои работници; в) кога на своја глава за лични интереси и по лични причини изврши работи, несогласни со назначувањето на четата и со духот на организацијата; г) кога во време на некоја акција на четата се обиде да избега од неа, не ја исполни доверената работа и со тоа ќе ја стави во опасност четата и ќе ги парализира нејзините дејствија; д) кога целата дружина на основа на долго набљудување најде некого што подлежи на смрт.\nЧл. 47. Решенијата за смрт се земаат од целата чета и со одобрението на реонското раководно тело.\nКрај", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%A2%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 2850, "cyrillic": 0.998}
{"id": "3002", "title": "Филка мома моле Бога", "text": "Филка мома моле Бога\n:Филка мома моле Бога\n:да ја сторе едно пиле\n:да прелета ширно море\n:да си иде ју Солуна\n:Да си иде ју Солуна\n:Уф чаршија на сергија,\n:да си купе астухрина\n:да и’ шие антерија\n:Да и’ шие антерија\n:д’лга д’лга ем широка\n:да се вее до земјата\n:да ја гале калдрмата\n:И ка ќ’ онде на орото\n:на орото леле кукушкото\n:дек што играт сал ергени\n:сал ергени Кукушани\n:Да ја видат ергените\n:ергените Кукушките\n:да запукат комшиите\n:комшиите душманите\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2948", "title": "Договор од Ваитанги", "text": "1 Македонски превод\nНејзиното Величество Викторија, Кралица на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, имајќи ги во Нејзината кралска благонаклоност домородните главатари и племиња на Нов Зеланд, загрижена за заштитување на правата и имотот кој праведно им следува, и за обезбедување на мирот и поредокот, смета дека е неопходно како последица на големиот број на поданиците на Нејзиното Величество кои се веќе населени во Нов Зеланд, како и сè поголемиот замав на иселеништвото од Европа и од Австралија кое е сеуште во прогрес, да воспостави и назначи функционер соодветно овластен да преговара со домородците на Нов Зеланд во врска со признавањето на суверената власт на Нејзиното Величество врз целите тие острови или било кој нивен дел.\nЗатоа Нејзиното Величество повела да воспостави постојан облик на управување со намера да ги спречи лошите последици кои мора да уследат како резултат од непостоењето на неопходните закони и институции, и кои би се одразиле како по домородното население, така и по Нејзините поданици, со благосклоно задоволство ме ополномоштува и овластува „мене, Вилијам Хобсон, Капетан“ во Кралската морнарица на Нејзиното Величество, Конзул и Заменик-гувернер на оние делови од Нов Зеланд кои ќе бидат отстапени на Нејзиното Величетво, да ги повикам здружените и независните главатари на Нов Зеланд да дадат своја согласност за следниве членови и услови.\n1.1 Член Први\nГлаватарите на Сојузот на Обединетите Племиња на Нов Зеланд и засебните и независни главатари кои не му приостапиле на сојузот, апсолутно и безрезервно му ги отстапуваат на Нејзиното Величество, Кралицата на Англија сите суверени права и надлежности кои ги има, или за кои може да се претпостави дека ги применува или има, споменатиот Сојуз и поединечните главатари врз нивните територии како нивни единствени суверени владетели.\n1.2 Член Втори\nНејзиното Величество, Кралицата на Англија им потврдува и гарантира на главатарите и племињата на Нов Зеланд и нивните семејства и поединци, полна исклучива и непречена сопственост на нивните земјишта и имоти, шуми, рибни ловишта и други своини кои ги поседуваат заеднички и поединечно, сè додека имаат желба да ги задржат; но затоа главатарите на Обединетите Племиња и поединечните главатари ѝ го даваат на Нејзиното Величество исклучително право на купување на земјиштата кои сопствениците сакаат да ги отуѓат по цени договорени помеѓу сопственикот и лице назначено од Нејзиното Величество да договара во Нејзино име.\n1.3 Член Трети\nЗа возврат Нејзиното Величество, Кралицата на Англија на домородците на Нов Зеланд им пружа кралска заштита и им ги доделува сите права и привилегии кои им следат како британски поданици.\n[Потпис] В Хобсон Заменик-гувернер\nСпоред тоа сега ние, главатарите на Сојузот на Обединетите Племиња на Нов Зеланд собрание на ова собрание во Викторија во Ваитанги, и ние, засебните и независни главатари на Нов Зеланд со власт над племињата и териториите назначени по нашите имиња, со целосно разбирање на одредбите на овој Договор, го прифаќаме и стапуваме кон истиот во неговата полнозачност, и како сведоштво за тоа ги приложуваме нашите потписи или белези на назначените места и датуми.\nИзвршено во Ваитанги, на овој шести ден од месец февруари во лето господово илјада осумсто четириесетто.\n2 Лист Ваикато-Манукау (англиски јазик)\nHer Majesty Victoria Queen of the United Kingdom of Great Britain and Ireland regarding with Her Royal Favor the Native Chiefs and Tribes of New Zealand and anxious to protect their just Rights and Property and to secure to them the enjoyment of Peace and Good Order has deemed it necessary in consequence of the great number of Her Majesty's Subjects who have already settled in New Zealand and the rapid extension of Emigration both from Europe and Australia which is still in progress to constitute and appoint a functionary properly authorized to treat with the Aborigines of New Zealand for the recognition of Her Majesty's Sovereign authority over the whole or any part of those islands – Her Majesty therefore being desirous to establish a settled form of Civil Government with a view to avert the evil consequences which must result from the absence of the necessary Laws and Institutions alike to the native population and to Her subjects has been graciously pleased to empower and to authorize me William Hobson a Captain in Her Majesty's Royal Navy Consul and Lieutenant-Governor of such parts of New Zealand as may be or hereafter shall be ceded to her Majesty to invite the confederated and independent Chiefs of New Zealand to concur in the following Articles and Conditions.\nArticle The First\nThe Chiefs of the Confederation of the United Tribes of New Zealand and the seperate and independent Chiefs who have not become members of the Confederation cede to Her Majesty the Queen of England absolutely and without reservation all the rights and powers of Sovereignty which the said Confederation or Individual Chiefs respectively exercise or possess, or may be supposed to exercise or to possess over their respective Territories as the sole sovereigns thereof.\nArticle The Second\nHer Majesty the Queen of England confirms and guarantees to the Chiefs and Tribes of New Zealand and to the respective families and individuals thereof the full exclusive and undisturbed possession of their Lands and Estates Forests Fisheries and other properties which they may collectively or individually possess so long as it is their wish and desire to retain the same in their possession; but the Chiefs of the United Tribes and the individual Chiefs yield to Her Majesty the exclusive right of Preemption over such lands as the proprietors thereof may be disposed to alienate at such prices as may be agreed upon between the respective Proprietors and persons appointed by Her Majesty to treat with them in that behalf.\nArticle The Third\nIn consideration thereof Her Majesty the Queen of England extends to the Natives of New Zealand Her royal protection and imparts to them all the Rights and Privileges of British Subjects.\nWilliam Hobson Lieutenant Governor.\nNow therefore We the Chiefs of the Confederation of the United Tribes of New Zealand being assembled in Congress at Victoria in Waitangi and We the Seperate and Independent Chiefs of New Zealand claiming authority over the Tribes and Territories which are specified after our respective names, having been made fully to understand the Provisions of the foregoing Treaty, accept and enter into the same in the full spirit and meaning thereof in witness of which we have attached our signatures or marks at the places and the dates respectively specified.\nDone at Waitangi this Sixth day of February in the year of Our Lord one thousand eight hundred and forty.\n:Ko te tohu o Paengahuru Ngatitipa\n:Ko te tohu o Kiwi Ngarau Ngatitahinga\n:Ko te tohu o te Paki Ngatingau\n:Ko te tohu o Ngapaka Ngatitipa\n:Ko te tohu o Kukutai Ngatitipa\n:Ko te tohu o te Ngoki (Ngatimaniapoto kawia)\n:Ko te tohu o Muriwenua Ngatihaua Aotea\n:Ko te tohu o te Pakaru (Ngatimaniapoto Kawia)\n:Ko te tohu o Waraki Ngatimaniapoto Kawia\n:Ko te tohu o Kiwi (te Roto) (Ngatimahuta Kawia)\n:Ko te tohu o te Paerata (Ngatipou)\n:Ko te tohu o te Katipa (Ngatipou)\n:Ko te tohu o Maikuku Ngatiteata\n:Ko te tohu o Aperahama Ngakainga Ngatiteata\n:Ko te tohu o Hoana Riutoto (Ngatimahuta)\n:Ko te tohu o te Wairakau (Ngatiteata)\n:Ko te tohu o Haki (Aotea Ngatitewehi)\n:Ko te tohu o Wiremu Te awaitaia (Wangaroa Ngatimahanga)\n:Ko te tohu o Tunui Ngawaka (Ngatitahinga Waikato)\n:Ko te tohu o Kemura Wareroa\n:Ko te tohu o Pohepohe (Ngatihaua Matamata)\n:Ko te tohu o Pokawa Rawhirawhi\n:Ko te tohu o te Puata (Ngatiruru Otawhao)\n:Ko te tohu o te Mokorou\n:Ko te tohu o Pungarehu (Ngatiapakura Parawera)\n:Ko te tohu o Taipari<sup>Tupaea</sup>(Ngatiapakura Parawera):Ko te tohu o Pohotukia\n:::Ko te tohu o te Keha (Ngatinaho te Horo)\n:::Ko te tohu o te Warepu (Ngatihine Taupiri)\n:::Ko te tohu o te Kanawa (Ngatihine Taupiri)\n:::Ko te tohu o te Whata o Ngatitipu Wangaroa\n:::Ko te tohu o Ngawaka (te Ao) (Ngatiwhauroa Putataka)\n:::Ko te tohu o Peehi (Otawa Ngatiruru)\n:::The preceding names have been obtained by us at this station and embrace as we conceive with the exception of two the names of the principal men of Waikato\n:::April 11, 1840 Waikato Heads\n:::R Maunsell\n:::B. Ashwell\n::Ko te tohu o Wiremu Ngawaro }(Ngatetiati)\n::Ko te tohu o Hone Kingi\n::Ko te ta Wha\n::Ko te tohu o Tamati\n::Ko te tohu o Rabata Waiti\n::Ko te tohu o Te Awarahi\n::Ko te tohu o Rehurehu\n::Signed before me April 26th 1840\n::William C Symonds\n3 Лист Ваитанги (маорски јазик)\nKo Wikitoria te Kuini o Ingarani i tana mahara atawai ki nga Rangatira me nga Hapu o Nu Tirani i tana hiahia hoki kia tohungia ki a ratou o ratou rangatiratanga me to ratou wenua, a kia mau tonu hoki te Rongo ki a ratou me te Atanoho hoki kua wakaaro ia he mea tika kia tukua mai tetahi Rangatira—hei kai wakarite ki nga Tangata Maori; o Nu Tirani—kia wakaaetia e nga Rangatira Maori; te Kawanatanga o te Kuini ki nga wahikatoa o te Wenua nei me nga Motu—na te mea hoki he tokomaha ke nga tangata o tona Iwi Kua noho ki tenei wenua, a e haere mai nei.\nNa ko te Kuini e hiahia ana kia wakaritea te Kawanatanga kia kaua ai nga kino e puta mai ki te tangata Maori ki te Pakeha e noho ture kore ana.\nNa, kua pai te Kuini kia tukua a hau a Wiremu Hopihona he Kapitana i te Roiara Nawi hei Kawana mo nga wahi katoa o Nu Tirani e tukua aianei, amoa atu ki te Kuini, e mea atu ana ia ki nga Rangatira o te wakaminenga o nga hapu o Nu Tirani me era Rangatira atu enei ture ka korerotia nei.\n3.1 KO TE TUATAHI\nKo nga Rangatira o te wakaminenga me nga Rangatira katoa hoki ki hai i uru ki taua wakaminenga ka tuku rawa atu ki te Kuini o Ingarani ake tonu atu—te Kawanatanga katoa o ratou wenua.\n3.2 KO TE TUARUA\nKo te Kuini o Ingarani ka wakarite ka wakaae ki nga Rangatira ki nga hapu—ki nga tangata katoa o Nu Tirani te tino rangatiratanga o ratou wenua o ratou kainga me o ratou taonga katoa. Otiia ko nga Rangatira o te wakaminenga me nga Rangatira katoa atu ka tuku ki te Kuini te hokonga o era wahi wenua e pai ai te tangata nona te Wenua—ki te ritenga o te utu e wakaritea ai e ratou ko te kai hoko e meatia nei e te Kuini hei kai hoko mona.\n3.3 KO TE TUATORU\nHei wakaritenga mai hoki tenei mo te wakaaetanga ki te Kawanatanga o te Kuini—Ka tiakina e te Kuini o Ingarani nga tangata Maori; katoa o Nu Tirani ka tukua ki a ratou nga tikanga katoa rite tahi ki ana mea ki nga tangata o Ingarani.\n[signed] William Hobson Consul & Lieutenant Governor\nNa ko matou ko nga Rangatira o te Wakaminenga o nga hapu o Nu Tirani ka huihui nei ki Waitangi ko matou hoki ko nga Rangatira o Nu Tirani ka kite nei i te ritenga o enei kupu, ka tangohia ka wakaaetia katoatia e matou, koia ka tohungia ai o matou ingoa o matou tohu.\nKa meatia tenei ki Waitangi i te ono o nga ra o Pepueri i te tau kotahi mano, e waru rau e wa te kau o to tatou Ariki.\nen:Treaty of Waitangi", "subject": ["Спогодби", "Нов Зеланд"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BE%D0%B4_%D0%92%D0%B0%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B8", "word_count": 1901, "cyrillic": 0.271}
{"id": "2988", "title": "Писмо од апостол Јуда", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Јуда, слуга на Исус Христос и брат на Јаков,\nдо повиканите, оние што Бог Таткото ги сака и Исус Христос ги чува.\n<sup>2</sup>Бог нека ви даде во изобилие милост, мир и љубов.\n2 Повод за ова писмо: појавата на лажливи вероучители\n<sup>3</sup>Драги пријатели, многу сакав да ви пишувам за нашето заедничко спасение што го имаме, но сметам дека е неопходно да ви напишам и да ве охрабрам да ја браните верата што еднаш засекогаш Бог им ја предаде на Своите верни следбеници.\n<sup>4</sup>Се вовлекоа меѓу вас безбожни луѓе, што ја извртуваат пораката за благонаклоноста на нашиот Бог, за да си го оправдаат сопствениот разврат. Тие не Го признаваат нашиот единствен Владетел и Господ Исус Христос. За нив во Светото писмо уште одамна е запишано дека ќе бидат осудени.\n3 Три примери за поука од минатото\n<sup>5</sup>Сакам да ве потсетам на тоа што вие веќе го знаете. Иако Господ го избави својот народ од Египет, сепак потоа ги уништи сите што немаа доверба во Бог.\n<sup>6</sup>Ангелите што не ги исполнуваа задолженијата што им беа дадени, туку ги напуштија своите места, Тој ги окова во вечни вериги, и ги чува во мрак, сѐ до големиот Суден ден.\n<sup>7</sup>Содом и Гомора, заедно со околните градови, се оддадоа на блуд и неприродни телесни страсти. Слично како и ангелите, и тие за казна беа предадени на вечен оган, за да им служат како предупредување на луѓето.\n4 Осуда на лажливите вероучители\n<sup>8</sup>На сличен начин и овие луѓе, вообразени мечтатели, од една страна си ги поганат сопствените тела, а од друга ја презираат врховната власт на Бог и ги навредуваат славните суштества.\n<sup>9</sup>Дури ни архангелот Михаел, кога се препираше со ѓаволот околу телото на Мојсеј, не се осмели да изнесе против него навредливо обвинение, туку рече: „Господ да те прекори!“\n<sup>10</sup>Овие луѓе го навредуваат она што не го разбираат. Тие знаат да го прават само она што е инстинктивно, како безумните животни. Тоа ќе ги уништи!\n<sup>11</sup>Тешко ним, зашто тргнаа по патот на Каин! Како Балаам, за пари сѐ ќе направат! Како и Корах ќе изгинат поради нивното бунтовништво.\n<sup>12</sup>Овие луѓе се црна дамка на вашите заеднички спомен-вечери. Се гоштаваат со вас без трошка страв. Само за себе се грижат. Тие се облаци што многу ветуваат, но дожд во нив нема. Тие се овошки без плодови во време на берба, двојно мртви, зашто и корењата им се извадени.\n<sup>13</sup>Тие се разбеснети морски бранови кои како пена ги исфрлаат на брегот своите срамни дела. Тие се ѕвезди заскитани, забревтани кон вечна и најцрна темнина.\n<sup>14</sup>За таквите луѓе пророкувал Енох, кој живеел во седмата генерација по Адам, кога рекол:\n: „Ете, доаѓа Господ\n: со десетици илјади Свои светии\n:<sup>15</sup>да им суди на сите,\n: да ги осуди безбожниците\n: за сите нивни зли дела,\n: што безбожно ги извршија,\n: за сите навредливи зборови\n: што ги изрекоа безбожните грешници\n: против Него.“\n<sup>16</sup>Тие се луѓе што негодуваат и постојано имаат поплаки, а се раководат само од сопствените телесни похоти. Постојано се фалат и им ласкаат на сите од кои можат да имаат некаква корист.\n5 Поттик за верност\n<sup>17</sup>Но вие, драги пријатели, помнете го сето она на што ве поучуваа апостолите на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>18</sup>Тие ви кажаа дека во последните времиња ќе има луѓе што ќе се подбиваат, ќе се раководат само од сопствените страсти и ќе прават безбожни нешта.\n<sup>19</sup>Тоа се луѓе што создаваат поделби меѓу вас. Живеат онака како што им наложуваат инстинктите, зашто во нив го нема Божјиот Дух.\n<sup>20</sup>Но вие, драги пријатели, продолжете да ги градите вашите животи врз темелите на нашата света вера. Молете се, водени од Светиот Дух.\n<sup>21</sup>Во очекување на вечниот живот што милостиво ќе ви го подари нашиот Господ Исус Христос, останете под закрилата на Божјата љубов.\n<sup>22</sup>Бидете милостиви спрема оние со непостојана вера.\n<sup>23</sup>Спасувајте луѓе, истргнувајќи ги од огнот. Спрема сите грешници покажете милост, внимавајќи и самите да не се заразите од нивните гревови.\n6 Славопој за Бог\n<sup>24</sup>А сега, на Оној што е способен да ве зачува од паѓање и Кој со голема радост ќе ве доведе во Неговата беспрекорна слава,\n<sup>25</sup>на единствениот Бог и наш Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, Нему Му припаѓаат славата, величественоста, власта и моќта уште пред почетокот на времето, и сега, и во сите времиња! Амин.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D1%83%D0%B4%D0%B0", "word_count": 708, "cyrillic": 1.0}
{"id": "1886", "title": "Устав на Република Северна Македонија", "text": "(Четврти Устав на Македонија, прв и единствен како независна Република, во сила, со важност од 17 ноември 1991 година, со назив Устав на Република Македонија од 17 ноември 1991 година до 12 февруари 2019 година и со назив Устав на Република Северна Македонија од 12 февруари 2019 година)\n1 Устав на Република Македонија\n1.1 Преамбула\nТргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, асо цел:- Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;- да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;- да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност;- да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и- да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот,\nСобранието на Република Македонија\nдонесува\nУСТАВНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n1.2 I. Основни одредби\nРепублика Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.\nВо Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.\nТериторијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива.Постојната граница на Република Македонија е неповредлива.Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот.\nГраѓаните на Република Македонија имаат државјанство на Република Македонија.На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.Државјанството на Република Македонија се уредува со закон.\nДржавни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна.Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nГлавен град на Република Македонија е Скопје.\nВо Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.Во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон.\nТемелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;- слободното изразување на националната припадност;- владеењето на правото;- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;- правната заштита на сопственоста;- слободата на пазарот и претприемништвото;- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;- локалната самоуправа;- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.Во Република Македонија слободно е с&egrave; што со Уставот и закон не е забрането\n1.3 II. Основни слободи и права на човекот и граѓанинот\n1.3.1 1. Граѓански и политички слободи и права\nГраѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.\nЖивотот на човекот е неприкосновен.Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.\nФизичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.Се забранува присилна работа.\nСлободата на човекот е неприкосновост.Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.Притворот може да трае по одлука на суд најдолго 90 дена од денот на притворувањето.Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде пуштено да се брани од слобода.\nЛицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино с&egrave; додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.\nНикој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.\nСе гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.\nСе гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.Цензурата е забранета.\nСе гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.\nСе гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци.На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.\nСе гарантира слободата на вероисповеста.Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.\nНа граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.\nГраѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.\nСекој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.\nСекој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.\nСекој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор.Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.\nНа секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.\nСе гарантира неповредливоста на домот.Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.\nСекој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката.Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.\nОдбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин.Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.\nСтранците во Република Македонија уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори.Републиката им гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство, прогонети заради демократско политичко уверување и дејствување.Екстрадиција на странец може да биде извршена само врз основа на ратификуван меѓународен договор и врз начелото на реципроцитет. Странец не може да биде екстрадиран заради политичко кривично дело. Дејствијата на тероризам не се сметаат за политички кривични дела.\n1.3.2 2. Економски, социјални и културни права\nСе гарантира правото на сопственост и правото на наследување.Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.\nСтранско лице во Република Македонија може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон.\nСекој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.Секој вработен има право на соодветна заработувачка.Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.\nСекој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.\nГраѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.\nРепубликата се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани.Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.\nРепубликата им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.Посебните права се уредуваат со закон.\nЗаради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации.Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.\nСе гарантира правото на штрајк.Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.\nНа секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.\nРепубликата му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон.Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители.Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.\nРепубликата посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено.Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа.Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот.\nСекој човек има право на здрава животна средина.Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.\nСекој има право на образование.Образованието е достапно на секого под еднакви услови.Основното образование е задолжително и бесплатно.\nГраѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.\nНа универзитетот му се гарантира автономија.Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.\nСе гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид интелектуално творештво.Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој.Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот.\nПрипадниците на националностите имаат право слободно да ги изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и националните особености.Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на националностите.Припадниците на националностите имаат право да основаат културни и уметнички институции, научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.Припадниците на националностите имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на јазикот на националноста се изучува и македонскиот јазик.\nРепубликата се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.\n1.3.3 3. Гаранции на основните слободи и права\nСекој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита.\nВо Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.\nЗаконите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.Законите и другите прописи се објавуваат во &bdquo;Службен весник на Република Македонија&ldquo; најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.\nАдвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.\nСлободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.\n1.3.4 4. Основи на економските односи\nСе гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.\nСите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на македонскиот народ и на националностите, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.\nРепубликата го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој, како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја.\nСопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.Учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.\nНа странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката.Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис.\nНародната банка на Република Македонија е емисиона банка.Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство.Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.\n1.4 III. Организација на државната власт\n1.4.1 1. Собрание на Република Македонија\nСобранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката.Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот.\nСобранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници.Пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување.Пратеникот не може да биде отповикан.Начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nПратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.\nПратениците уживаат имунитет.Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.Пратеникот има право на надомест утврден со закон.\nПратеникот може да поднесе оставка.Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието.На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСобранието е во постојано заседание.Собранието работи на седници.Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Собранието.Собранието донесува деловник со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСобранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и со Деловникот на Собранието.Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката.\nСобранието на Република Македонија:- го донесува и изменува Уставот;- донесува закони и дава автентично толкување на законите;- ги утврдува јавните давачки;- донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;- донесува просторен план на Републиката;- ратификува меѓународни договори;- одлучува за војна и мир;- донесува одлука за менување на границата на Републиката;- донесува одлука за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;- распишува референдум;- одлучува за резервите на Републиката;- основа совети;- избира Влада на Република Македонија;- избира судии на Уставниот суд на Република Македонија;- врши избор и разрешување на судии;- врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон;- врши политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;- дава амнестија и- врши други работи утврдени со Уставот.Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.\nСобранието може да работи ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.\nСедниците на Собранието се јавни.Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nПраво да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата на Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи.Иницијатива за донесување на закон до овластените предлагачи може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија.\nИнтерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на државните органи.Интерпелација можат да поднесат најмалку пет пратеници.Пратеничко прашање може да постави секој пратеник.Начинот и постапката на поднесувањето и расправата по интерпелација и пратеничко прашање се уредуваат со Деловникот.\nСобранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.\nСобранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.\nЗаконите се прогласуваат со указ.Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСобранието основа постојани и повремени работни тела.Собранието може да основа анкетни комисии за сите области и за секое прашање од јавен интерес.Предлог за основање анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници.Собранието основа постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.\nСобранието избира народен правобранител.Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.Условите на избор и разрешување, надлежноста и начинот на работата на народниот правобранител се уредуваат со закон.\nСобранието основа Совет за меѓунационални односи.Советот го сочинуваат: претседателот на Собранието и по двајца членови Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми и двајца членови од другите националности во Македонија.Претседателот на Собранието е претседател на Советот.Собранието ги избира членовите на Советот.Советот ги разгледува прашањата од меѓунационалните односи во Републиката и дава мислење и предлози за нивно решавање.Собранието е должно да ги разгледа мислењата и предлозите на Советот и да донесе одлука во врска со нив.\n1.4.2 2. Претседател на Република Македонија\nПретседателот на Република Македонија ја претставува Републиката.Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македонија.Претседателот на Републиката своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.\nПретседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија.За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот.За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години.\nКандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.Ако за Претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.Изборот за Претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.\nВо случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.\nДолжноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.Претседателот на Републиката ужива имунитет.За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.\nПретседателот на Република Македонија:- го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија;- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство;- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;- предлага двајца членови на Републичкиот судски совет;- именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;- ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи;- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;- дава помилување во согласност со закон и- врши други функции утврдени со Уставот.\nПретседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно.Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.\nПретседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на Република Македонија.Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат: претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.\nПретседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.\n1.4.3 3. Влада на Република Македонија\nВладата на Република Македонија е носител на извршната власт.Своите права и должности Владата ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.\nВладата ја сочинуваат претседател и министри.Претседателот и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието.Претседателот и министрите уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Владата.Претседателот и министрите не подлежат на обврска во вооружените сили.Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.Организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон.\nПретседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nВладата на Република Македонија:- ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;- предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието;- предлага просторен план на Републиката;- предлага одлука за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување;- донесува уредби и други прописи за извршување на законите;- утврдува начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, ја насочува и врши надзор над нивната работа;- дава мислење за предлозите на закони и други прописи кои на Собранието му ги поднесуваат други овластени предлагачи;- одлучува за признавање на држави и влади;- воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави;- донесува одлуки за отворање на дипломатско-конзуларни претставништва во странство;- предлага именување амбасадори и пратеници на Република Македонија во странство и именува шефови на конзуларни претставништва;- предлага јавен обвинител;- врши именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон и- врши други работи утврдени со Уставот и со закон.\nВладата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието.Собранието може да изгласа недоверба на Владата.Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници.Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.\nВладата има право да постави прашање за доверба пред Собранието.Владата има право да поднесе оставка.Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта.Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.\nЧлен на Владата има право да поднесе оставка.Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата.За предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.Доколку претседателот на Владата предложи разрешување на повеќе од една третина од членовите на Владата од првобитниот состав, Собранието одлучува како за избор на нова Влада.\nДржавната управа ја сочинуваат министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон.Се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа.Организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nОрганите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.\nСо органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.\n1.4.4 4. Судство\nСудската власт ја вршат судовите.Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.Организацијата на судството е единствена.Забранети се вонредни судови.Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСудијата се избира без ограничување на траењето на мандатот.Судијата не може да биде преместен против својата волја.Судијата се разрешува:- ако тоа сам го побара;- ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција, што го утврдува Републичкиот судски совет;- ако ги исполни условите за старосна пензија;- ако е осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци;- заради потешка дисциплинска повреда пропишана со закон што го прави недостоен за вршење на судиската функција, што ја утврдува Републичкиот судски совет и- заради нестручно и несовесно вршење на судиската функција што во постапка утврдена со закон, го утврдува Републичкиот судски совет.\nСудиите уживаат имунитет.За имунитетот на судиите одлучува Собранието.Судиската функција е неспојлива со вршење на друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.Се забранува политичко организирање и дејствување во судството.\nВрховниот суд на Република Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите.\nРасправата пред судовите и изрекувањето на пресудата се јавни.Јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон.\nСудот суди во совет.Со закон се утврдува кога суди судија поединец.Во судењето учествуваат и судии поротници кога тоа е утврдено со закон.Судиите поротници не можат да бидат повикани на одговорност за мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.\nРепубличкиот судски совет го сочинуваат седум членови.Собранието ги избира членовите на Советот.Членовите на Советот се избираат од редот на истакнати правници за време од шест години, со право на уште еден избор.Членовите на Републичкиот судски совет уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Собранието.Функцијата член на Републичкиот судски совет е неспојлива со вршење на други јавни функции и професии или со членување во политички партии.\nРепубличкиот судски совет:- на Собранието му предлага избор и разрешување на судии и утврдува предлог за разрешување од судиска функција во случаите утврдени со Уставот;- одлучува за дисциплинска одговорност на судиите;- ја оценува стручноста и совесноста на судиите во вршењето на нивната функција и- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија.\n1.4.5 5. Јавно обвинителство\nЈавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон.Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.\nЈавниот обвинител ужива имунитет.За неговиот имунитет одлучува Собранието.Функцијата јавен обвинител е неспојлива со вршење на друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.\n1.5 IV. Уставен суд на Република Македонија\nУставниот суд на Република Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.\nУставниот суд го сочинуваат девет судии.Собранието ги избира судиите на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.\nУставниот суд на Република Македонија:- одлучува за согласноста на законите со Уставот;- одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;- ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;- решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;- решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;- одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;- одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и- одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.\nФункцијата судија на Уставниот суд е неспојлива со вршење друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.Судиите на Уставниот суд уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Уставниот суд.Судиите на Уставниот суд не подлежат на обврска во вооружените сили.На судија на Уставниот суд функцијата му престанува ако поднесе оставка. Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од должноста ако биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд.\nУставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со Уставот.Уставниот суд ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон.Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.\nНачинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со акт на Судот.\n1.6 V. Локална самоуправа\nНа граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа.Единици на локалната самоуправа се општините.Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа.Општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nВо единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областите на урбанизмот, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното воспитување, основното образование, основната здравствена заштита и во други области утврдени со закон.Општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на нејзината работа го врши Републиката.Републиката со закон може да ѝ довери вршење на определени работи на општината.\nТериторијалната поделба на Републиката и подрачјата на општините се утврдуваат со закон.\nГрадот Скопје е посебна единица на локална самоуправа, чија организација се уредува со закон.Во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од значење за градот Скопје, а особено во областите на урбанизмот, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното воспитување, основното образование, основната здравствена заштита и во други области утврдени со закон.Градот Скопје се финансира од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.Градот Скопје е самостоен во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на неговата работа ја врши Републиката.Републиката со закон може да му довери вршење на определени работи на градот Скопје.\n1.7 VI. Меѓународни односи\nМеѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.\nМеѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија.Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога тоа е определено со закон.\nПредлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.\nОдлука за стапување во членство или за истапување од членство во меѓународни организации донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.\n1.8 VII. Одбрана на републиката, воена и вонредна состојба\nВооружените сили на Република Македонија го штитат територијалниот интегритет и независноста на Републиката.Одбраната на Републиката се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nНикој нема право да признае окупација на Република Македонија или на нејзин дел.\nВоена состојба настапува кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или кога Републиката е нападната или ѝ е објавена војна.Воена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.\nВонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена.Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.\nПри постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.\nЗа време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.\nМандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба.\n1.9 VIII. Измена на уставот\nУставот на Република Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани.\nПредлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.\nОдлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Нацртот за измената на Уставот го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија.Одлука за измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Измената на Уставот ја прогласува Собранието.\n1.10 IX. Преодни и завршни одредби\nВо времето предвидено во ставот 5 на член 80 од овој Устав се смета и времето на жителство во други републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\nЗа спроведување на Уставот ќе се донесе уставен закон.Уставниот закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Уставниот закон го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.\nОвој Устав влегува во сила со денот на прогласувањето од Собранието на Република Македонија.\n2 Амандмани на уставот на Република Македонија\n1. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.2. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.3. Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3, а со точката 2 се заменува ставот 3 на членот 3 на Уставот на Република Македонија.\n1. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.2. Со овој амандман се дополнува ставот 1 на членот 49 на Уставот на Република Македонија.\n1. Притворот до подигнување на обвинението, по одлука на суд, може да трае најдолго 180 дена од денот на притворувањето.По подигнување на обвинението, притворот го продолжува или го определува надлежниот суд во случај и во постапка утврдени со закон.2. Со овој амандман се заменува ставот 5 на членот 12 на Уставот на Република Македонија.\n1. Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на с&egrave; што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој2. Со точката 1 на овој амандман се заменува Преамбулата на Уставот од Република Македонија.\n1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.2. Со овој амандман се заменува членот 7 од Уставот на Република Македонија.\n1. Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.2. Со точката 1 на овој амандман се дополнува алинејата 2 на членот 8 од Уставот на Република Македонија.\n1. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон.2. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 19, а со точката 2 се заменува ставот 4 на членот 19 од Уставот на Република Македонија.\n1. Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница.Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.Припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик.2. Со овој амандман се заменува членот 48 од Уставот на Република Македонија.\n1. Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Македонија и на сите заедници во Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.2. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 2 на членот 56 од Уставот на Република Македонија.\n1. Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.2. За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците.3. Со овој амандман се заменува членот 69 од Уставот на Република Македонија.\n1. Собранието избира народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.2. Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби.3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 1 на членот 77, а со точката 2 се дополнува ставот 2 на членот 77 од Уставот на Република Македонија.\n1. Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.Собранието ги избира членовите на Комитетот.Комитетот разгледува прашања од односите меѓу заедниците во Републиката и дава мислења и предлози за нивно решавање.Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да донесе одлука во врска со нив.Во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање во Собранието, утврдена во членот 69 став 2 Комитетот одлучува, со мнозинство гласови од членовите, за тоа дали ќе се спроведе постапката.2. Со точката 1 на овој амандман се заменува членот 78 од Уставот на Република Македонија и се брише алинејата 7 на членот 84 од Уставот на Република Македонија.\n1. При именувањето на тројцата членови, претседателот ќе обезбеди составот на Советот, како целина, соодветно да го одразува составот на населението во Република Македонија.2. Со точката 1 на овој амандман се дополнува ставот 2 на членот 86 од Уставот на Република Македонија.\n1. Тројца од членовите се избираат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.2. Со овој амандман се дополнува ставот 2 на членот 104 од Уставот на Република Македонија.\n1. Собранието ги избира судиите на Уставниот суд. Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.2. Со овој амандман се заменува ставот 2 на членот 109 од Уставот на Република Македонија.\n1. Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Законите за локално финансирање, локални избори, општинските граници и за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.2. Со овој амандман се заменува ставот 5 на членот 114 од Уставот на Република Македонија.\n1. Во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.2. Во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од значење за градот Скопје, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 1 на членот 115 од Уставот на Република Македонија, а со точката 2 се заменува ставот 2 на членот 117 од Уставот на Република Македонија.\n1. Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.2. Со овој амандман се додава нов став 4 на член 131 од Уставот на Република Македонија.\n1. Се гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација.Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и другите облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката.Законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.2. Со овој амандман се заменува членот 17 на Уставот на Република Македонија.\n1. За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања.Против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон.2. Со овој амандман се дополнува членот 13 од Уставот на Република Македонија.\n1. Се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон.2. Со овој амандман се заменува членот 15 на Уставот на Република Македонија.\n1. Предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија.2. Со овој амандман се заменува алинејата 5 на членот 84 од Уставот на Република Македонија.\n1. Претседателот ужива имунитет. За неговиот имунитет одлучува Собранието.2. Со овој амандман се заменува ставот 3 на членот 89 од Уставот на Република Македонија.\n1. Предлага Јавен обвинител на Република Македонија по претходно мислење од Советот на јавни обвинители.2. Со овој амандман се заменува алинејата 12 на членот 91 од Уставот на Република Македонија.\n1. Судската власт ја вршат судовите.Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.Забранети се вонредни судови.Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.2. Со точката 1 на овој амандман се заменува членот 98 од Уставот на Република Македонија.\n1. На судијата му престанува судиската функција:- ако тоа сам го побара;- ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција, што го утврдува Судскиот совет на Република Македонија;- ако ги исполни условите за старосна пензија;- ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеца и- ако е избран или именуван на друга јавна функција, освен кога судиската функција мирува под услови утврдени со закон.Судијата се разрешува:- поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и- поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон.2. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 99 од Уставот на Република Македонија.\n1. Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.Судија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на Република Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.2. Судиската функција е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на друга јавна функција или професија утврдена со закон.3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 2 на членот 100 од Уставот на Република Македонија, а со точката 2 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 100 од Уставот на Република Македонија.\n1. Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.Советот го сочинуваат петнаесет члена.По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда.Осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.Тројца членови на Советот избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.Двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.Членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници.Мандатот на избраните членови на Советот трае шест години, со право на уште еден избор.Условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.Функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.2. Со овој амандман се заменува членот 104 од Уставот на Република Македонија.\n1. Судскиот совет на Република Македонија:- ги избира и разрешува судиите и судиите поротници;- утврдува престанок на судиската функција;- ги избира и разрешува претседателите на судовите;- ја следи и оценува работата на судиите;- одлучува за дисциплинската одговорност на судиите;- одлучува за одземање на имунитетот на судиите;- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите и- врши други работи утврдени со закон.При изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон.2. Со овој амандман се заменува членот 105 од Уставот на Република Македонија и се брише алинејата 15 на ставот 1 на членот 68 од Уставот на Република Македонија.\n1. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.Функцијата на јавното обвинителство ја вршат Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители.Надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Јавниот обвинител на Република Македонија го именува и разрешува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.Јавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители без ограничување на траење на мандатот.При изборот на јавните обвинители ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.За разрешување на јавните обвинители одлучува Советот.Надлежноста, составот и структурата на Советот, мандатот на неговите членови, како и основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.Основите и постапката за престанок и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители се уредува со закон.Функцијата Јавен обвинител на Република Македонија и јавен обвинител е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.Се забранува политичко организирање и дејствување во Јавното обвинителство.2. Со овој амандман се заменуваат ставовите 2 и 3 на членот 106 од Уставот на Република Македонија и се брише членот 107 од Уставот на Република Македонија.\n1. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.2. Со овој амандман се заменува ставот 5 на членот 81 од Уставот на Република Македонија.\n1. На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту може да биде протеран од Република Македонија. Државјанин на Република Македонија не може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор, со одлука на суд.2. Со овој амандман се заменува ставот 2 на членот 4 од Уставот на Република Македонија.\n1. Во Уставот зборовите: &bdquo;Република Македонија&ldquo; се заменуваат со зборовите: &bdquo;Република Северна Македонија&ldquo;, а зборот &bdquo;Македонија&ldquo; се заменува со зборовите: &bdquo;Северна Македонија&ldquo;, освен во членот 36 од Уставот на Република Македонија.\n1. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите: &bdquo;кaко и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се&ldquo;, &bdquo;одлуките на АСНОМ&ldquo; се заменуваат со зборовите: &bdquo;правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ&ldquo;, по зборот &bdquo;година&ldquo; се додаваат зборовите: &bdquo;на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор&ldquo;, а се бришат зборовите: &bdquo;одлучија да&ldquo;.2. Со овој амандман се вршат измени во Преамбулата - Амандман IV на Уставот на Република Македонија.\n1. Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.2. Со овој амандман се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.\n1. Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ. Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината.Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.2. Со овој амандман се заменува членот 49 и Амандман II на Уставот на Република Македонија.\n3 Поврзано\n*Устав на Република Македонија (Пречистен текст)\n**Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија (2005)\n**Уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на уставот на Република Македонија (2019)\n*Предлози за пристапување кон измена на уставот на Република Македонија\n*Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1991)", "subject": ["Устави на Македонија", "Македонско законодавство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 11158, "cyrillic": 0.996}
{"id": "3001", "title": "Писмо од апостол Павле до Филемон", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Од Павле, кој е в затвор затоа што проповеда за Исус Христос\nи од братот по вера Тимотеј,\nдо нашиот соработник, до нашиот сакан Филимон,\n<sup>2</sup>до сестра Апија, до нашиот соборец Архипус и до црквата што се собира во твојот дом.\n<sup>3</sup>Ви посакувам Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n1 Љубовта и верата на Филимон\n<sup>4</sup>Филимоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе.\n<sup>5</sup>Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни.\n<sup>6</sup>Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви сѐ благослови Христос ни даде.\n<sup>7</sup>Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.\n2 Молба за Онисим\n<sup>8</sup>Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш,\n<sup>9</sup>но јас, попрво би те замолил да го сториш тоа од љубов. Затоа јас, старецот Павле, затвореник затоа што проповедам за Исус Христос,\n<sup>10</sup>те молам да му помогнеш на Онесим. Тој ми е како син, бидејќи тука во затворот го доведов кај Христос.\n<sup>11</sup>Порано тој беше бескорисен за тебе, но сега е многу корисен и за тебе и за мене.\n<sup>12</sup>Сега го испраќам кај тебе. За срце ми прирасна\n<sup>13</sup>и би сакал да го задржам кај себе, за во твое име да ми помага сега, кога сум во окови затоа што ја проповедам Радосната вест,\n<sup>14</sup>но не сакав ништо да сторам без твоја согласност. Сакав да го сториш тоа од љубов, а не затоа што јас сум те принудил.\n<sup>15</sup>Можеби токму заради тоа тој за кратко беше одвоен од тебе, за потоа засекогаш да ти се врати,\n<sup>16</sup>но не веќе како роб, туку како нешто многу повеќе, како драг брат. Мене ми е драг пријател, а тебе сигурно ќе ти биде уште подраг и како личност и како човек што верува во Господ.\n<sup>17</sup>Ако ме сметаш за пријател, прифати го како што би ме прифатил мене.\n<sup>18</sup>Ако ти направил некаква штета, или ако нешто ти должи, стави го тоа на моја сметка.\n<sup>19</sup>Јас Павле, со своја рака ти пишувам: „Јас ќе ти се оддолжам.“ Нема сега да спомнувам дека и самиот ти си мој должник.\n<sup>20</sup>Брате мој, направи ми ја таа услуга заради Господ, зарадувај ме заради Христос.\n<sup>21</sup>Сигурен сум дека ќе сториш сѐ што побарав од тебе, дури и повеќе.\n<sup>22</sup>Приготви за мене соба, зашто се надевам дека твоите молитви ќе бидат услишени и набргу ќе можам повторно да те посетам.\n3 Завршни поздрави\n<sup>23</sup>Те поздравува Епафрас. И тој е со мене в затвор, затоа што проповеда за Исус Христос.\n<sup>24</sup>Те поздравуваат моите соработници Марко, Аристарх, Димас и Лука.\n<sup>25</sup>Господ Исус Христос нека ти биде благонаклонет и духовно нека биде со тебе.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD", "word_count": 462, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2997", "title": "Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Солун", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, Силван и Тимотеј, до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог, нашиот Татко, и на Господ Исус Христос.\n<sup>2</sup>Ви посакуваме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n2 Примерната вера на солунските христијани\n<sup>3</sup>Како што прилега, чувствуваме обврска да Му благодариме на Бог за вас, драги пријатели христијани, затоа што вашата вера и вашата љубов, еден спрема друг и спрема сите луѓе, постојано расте.\n<sup>4</sup>Се гордееме со вас пред сите Божји цркви. Им кажуваме колку сте непоколебливи, како вашата вера опстојува и покрај сите прогони и маки низ кои минувате.\n<sup>5</sup>Тоа покажува дека Бог правилно ве проценил и дека навистина сте достојни да го наследите Божјото царство, за кое и страдате.\n<sup>6</sup>Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат,\n<sup>7</sup>а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели,\n<sup>8</sup>со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Бог и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус.\n<sup>9</sup>Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила.\n<sup>10</sup>Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.\n<sup>11</sup>Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив. Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите.\n<sup>12</sup>Така, заради тоа што нашиот Бог и Господ Исус Христос беше толку благонаклонет спрема вас, вие ќе му донесете слава на името на нашиот Господ Исус, а и Тој вам ќе ви донесе слава.\n= Глава 2 =\n3 Настани што ќе му претходат на второто доаѓање на Господ\n<sup>1</sup>Нашиот Господ Исус Христос ќе се врати и ќе нѐ прибере кај Себе. Затоа ве молам, драги пријатели христијани,\n<sup>2</sup>не дозволувајте лесно да ве поколебаат, ниту да ве вознемират луѓето што тврдат дека Господ веќе се вратил. Тие можеби ќе тврдат дека тоа го дознале преку духовна објава, дека слушнале од некој друг, или дека тоа го прочитале во некое од нашите писма.\n<sup>3</sup>Не дозволувајте да ве измамат! Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да се побунат против Бог и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето.\n<sup>4</sup>Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на сѐ што е Божјо и свето. Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог.\n<sup>5</sup>Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас?\n<sup>6</sup>Вие знаете што е тоа што го спречува Злиот да се појави, сѐ додека не дојде времето тој да настапи во јавноста.\n<sup>7</sup>Неговата зла сила веќе подмолно дејствува, но има Еден што го задржува и така ќе биде сѐ додека Тој не му се тргне од патот.\n<sup>8</sup>Тогаш Човекот на гревот ќе се појави, а Господ Исус со Својот здив ќе го убие, ќе го уништи при Своето повторно доаѓање.\n<sup>9</sup>Тој зол човек ќе дојде за да ги изврши делата на сатаната: со сета своја сила ќе покаже лажни чудотворни знаци.\n<sup>10</sup>Со своите зли дела ќе успее да ги измами оние што одат по патот кој ќе ги одведе во пропаст, зашто одбија да ја засакаат вистината и така да се спасат.\n<sup>11</sup>Затоа Бог им испраќа една толку уверлива измама, што ќе поверуваат во сите тие лаги.\n<sup>12</sup>Тогаш сите тие ќе бидат казнети, бидејќи, наместо да поверуваат во вистината, тие уживаа да прават зло.\n4 Верните треба да останат непоколебливи\n<sup>13</sup>Чувствуваме обврска постојано да Му бидеме благодарни на Бог за вас, драги пријатели христијани, вас што Господ ве засака. Тој ве одбра да се спасите меѓу првите, така што Светиот Дух ве посвети, а вие поверувавте во вистината.\n<sup>14</sup>Преку нашето проповедање на Радосната вест Бог ве повика да се спасите. Сега можете и вие да се придружите кон славата на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>15</sup>Затоа, драги пријатели христијани, бидете непоколебливи и држете се цврсто до она што ве учевме лично и преку нашите писма.\n<sup>16</sup>А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој нѐ сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас,\n<sup>17</sup>нека ви ги насрчат срцата и нека ви дадат сила постојано да го зборувате и да го правите она што е добро.\n= Глава 3 =\n5 Павле бара да се молат за нив\n<sup>1</sup>Понатаму, драги пријатели, молете се за нас. Молете се најнапред учењето за Господ да се шири, па и другите да го почитуваат она што го почитувате вие.\n<sup>2</sup>Молете се да не паднеме во рацете на лоши и злобни луѓе, зашто не сите луѓе веруваат во Господ.\n<sup>3</sup>Но, во Господ можете да имате доверба. Тој ќе ви даде сила и ќе ве чува од злиот.\n<sup>4</sup>Господ ни дава увереност дека она што ви го наложивме го правите и ќе продолжите да го правите.\n<sup>5</sup>Се молам Господ да ви ги насочува срцата кон исполнување со љубов, онака како што Бог е полн со љубов и кон трпеливост, онака како што Христос е трпелив.\n6 Бидете вредни, а не мрзливи\n<sup>6</sup>Сега, драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос, ви наложувам да не им се придружувате на оние меѓу вас, кои само денгубат, ништо не работат и не се придржуваат до она што ве учевме.\n<sup>7</sup>Вие сигурно знаете дека треба да го следите нашиот пример. Додека бевме со вас, ние не седевме со скрстени раце.\n<sup>8</sup>Лебот што го јадевме не беше подарок од вас, туку деноноќно напорно работевме, за да не му бидеме никому на товар.\n<sup>9</sup>Не дека ние не можевме да бараме храна од вас, туку сакавме вам да ви дадеме пример.\n<sup>10</sup>Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!\n<sup>11</sup>Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа.\n<sup>12</sup>Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат.\n<sup>13</sup>А вам, драги пријатели што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.\n<sup>14</sup>Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо. Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат.\n<sup>15</sup>Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги, како членови на вашето духовно семејство.\n7 Благослови и поздрави\n<sup>16</sup>Господ нека биде со вас и нека ви дава мир, зашто Самиот Тој е извор на мирот.\n<sup>17</sup>Како и во сите мои писма, ве поздравувам со своерачен потпис: Павле.\n<sup>18</sup>Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет на сите.", "subject": ["Библија", "Христијанство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD", "word_count": 1160, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3015", "title": "Константин Миладинов/ Не - непијам", "text": ":Ми велет онје пијан сум;\n:А ја си не знам какво е\n:Тва пусто, шкуро пијанство!\n:Ја друго нешчо не сториф -\n:Сâде си зедоф крај мене\n:Сафа со винце тиквешко\n:И си се малку нацицах.\n:Ми велет сâнки ноѕеве-\n:Ко д` ода ми се валеет.\n:Земја се тресит, вервите,\n:За тва ноѕе валеет.\n:И ак` си чукна главата\n:На ѕиздои и на камења,\n:И ак` се цумки на чело,\n:От такви мали работи\n:Али требит да се плашиме?\n:У! пијаница, падинат!\n:Ми велет и се смеет.\n:Ко да им нешчо напраиф!\n:Шчо имат, ако падина?\n:Пак како јунак си станва.\n:Немојте усти погани,\n:Тук-така не клевете ме!\n:И пак ви верно пофтора:\n:Ја сосем не зна името\n:От тоја пусто пијанство. -\n:Ич не сум ја пијаница!\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Не-непијам", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%9D%D0%B5_-_%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BC", "word_count": 143, "cyrillic": 0.993}
{"id": "3016", "title": "Константин Миладинов/ Шупељка", "text": ":Ушче ко си беф малечек,\n:От клас си писка напраиф.\n:Со неја свиреф, подскаквеф,\n:И по зелени ледини\n:Си трчах по преперуги.\n:Достигне други години;\n:Да свира мило ми беше.\n:Радосен свирка напраиф\n:И со моите другари\n:Играф со срце весело,\n:Трчаф по поле широко,\n:Шетаф по гори високи\n:И низ езера поминаф.\n:Сега се други времина;\n:Ја сега нејќу да трча,\n:Не ми е мило да шета,\n:Ни сака игри другарски.\n:Сега шчо ми је најмило,\n:Дружба да има шупељка,\n:Да најда место високо,\n:Под ладна сенка дâбоа:\n:Пред мене поле широко,\n:Под ноѕе рече да течит,\n:Над глаа ветар да шумит;\n:И ја на дâбот навален\n:Да свира со шупељката\n:Как ќе ме учит срцево.\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Шупељка", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%A8%D1%83%D0%BF%D0%B5%D1%99%D0%BA%D0%B0", "word_count": 132, "cyrillic": 0.992}
{"id": "3000", "title": "Писмо од апостол Павле до Тит", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и вовед\n<sup>1</sup>Од Павле, Божји слуга и апостол на Исус Христос.\nЈас сум испратен да им донесам вера на оние што Бог ги одбра, за да ја запознаат вистината и да живеат побожно.\n<sup>2</sup>Таа произлегува од надежта дека ќе добиеме вечен живот, како што Бог уште одамна ни вети, а Тој не лаже.\n<sup>3</sup>Кога дојде вистинското време Бог, нашиот Спасител, ја објави Својата порака, ми ја довери и ми наложи да им ја проповедам на луѓето.\n<sup>4</sup>Пишувам до Тит кој, заради тоа што имаме иста вера, ми е како вистински син. Ти посакувам Бог, нашиот Татко и Исус Христос, нашиот Спасител, да ти бидат благонаклонети и да ти дадат мир.\n2 Квалификации за водач на црква\n<sup>5</sup>Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите. Како што ти наредив,\n<sup>6</sup>за да биде некој водач треба да биде без пороци, верен на својата сопруга, ако има деца, тие треба да имаа вера во Бог и да не ги бие глас дека се разуздани и непослушни.\n<sup>7</sup>Неопходно е оние што се надзорници во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка.\n<sup>8</sup>Тие треба да бидат гостољубиви, да го сакаат доброто, да бидат разумни, правични, побожни луѓе што умеат да се контролираат.\n<sup>9</sup>Мора да се придржуваат до правилното учење. Така ќе можат да им помогнат и на други луѓе, проповедајќи им здраво учење, и ќе можат да ги изнесат на виделина грешките на оние што му се противставуваат на правилното учење.\n3 За противниците\n<sup>10</sup>Има многу противници, особено од Евреите, кои се занимаваат со бескорисни расправии и ги мамат луѓето.\n<sup>11</sup>На таквите треба да им се затнат устите. Со своето погрешно учење тие цели семејства заведуваат, поучувајќи ги на она што не треба, а сѐ од лакомост за пари кои нечесно ги печалат.\n<sup>12</sup>Еден од нивните пророци, иако и самиот е од Крит, има кажано за нив:\n„Жителите на Крит се лажливци,\nзли ѕверови и мрзливи лапачи!“\n<sup>13</sup>Многу точно ги опишал! Сериозно да ги искараш, за да ѝ се вратат на здравата вера,\n<sup>14</sup>да не се раководат од еврејските митови и од заповедите воспоставени од луѓе кои ја изопачуваат вистината.\n<sup>15</sup>За оној што е во срцето чист, сѐ е чисто. За оние, пак, што се неверни, чии умови се валкани, чија совест е нечиста, за нив ништо не е чисто.\n<sup>16</sup>Тие тврдат дека Го знаат Бога, но со своите постапки го докажуваат спротивното. Одвратни се, непокорни и неспособни да направат барем нешто добро.\n= Глава 2 =\n4 Упатства за христијански начин на живеење\n<sup>1</sup>Ти поучувај го она што е во согласност со здравото учење.\n<sup>2</sup>Постарите луѓе советувај ги да бидат трезвени, сериозни и разумни. Тие треба да имаат непоколеблива вера, љубов и трпение.\n<sup>3</sup>Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на оние што веруваат во Господ. Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното. Тие треба да поучуваат на добро поведение,\n<sup>4</sup>да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата,\n<sup>5</sup>да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи. Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството.\n<sup>6</sup>Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.\n<sup>7</sup>Биди им пример со своето добро однесување. Кога поучуваш, биди сериозен и искрен.\n<sup>8</sup>Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.\n<sup>9</sup>Робовите во сѐ нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат.\n<sup>10</sup>Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.\n5 Божјата благонаклоност и нашиот одговор\n<sup>11</sup>Бог ни покажа колку ни е благонаклонет со тоа што дојде да ги спаси сите луѓе.\n<sup>12</sup>Нѐ поучи да се откажеме од безбожниот начин на живеење и од световните похоти, па да почнеме да живееме разумно, праведно и побожно,\n<sup>13</sup>очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос.\n<sup>14</sup>Тој се жртвуваше за нас, за да нѐ ослободи од секаков грев и да нѐ направи чисти. Тој сака ние да бидеме Негов народ и од сѐ срце да го правиме она што е добро.\n<sup>15</sup>Учи ги луѓето на ова, поттикнувај ги, и со целосен авторитет укорувај ги непослушните. Не дозволувај никој да го омаловажува тоа што го проповедаш.\n= Глава 3 =\n6 Однос спрема власта и луѓето\n<sup>1</sup>Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците, и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро.\n<sup>2</sup>За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите.\n<sup>3</sup>Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг.\n<sup>4</sup>Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку нѐ сака и колку ни е благонаклонет,\n<sup>5</sup>кога нѐ спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух нѐ изми, нѐ обнови и направи од нас нови суштества.\n<sup>6</sup>Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос.\n<sup>7</sup>Нѐ оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.\n<sup>8</sup>Ова е веродостојно учење. Те советувам уверливо да ги поучуваш луѓето, па оние што ќе поверуваат во Бог да се стремат кон добри дела, кон работи што ќе бидат полезни за сите луѓе.\n<sup>9</sup>Одбегнувај расправии околу глупави прашања, не препирај се околу родословијата и Мојсеевиот Закон. Од тоа нема никаква полза, само залудно ќе ги со губиш времето.\n<sup>10</sup>Оние што искривено ја проповедаат верата, предупреди ги еднаш, двапати, а потоа остави ги.\n<sup>11</sup>Знаеш дека тие се изопачени и со своите гревови самите си се осудиле.\n7 Завршни упатства и поздрави\n<sup>12</sup>Сакам да го испратам кај тебе Артема или Тихик. Кога еден од нив ќе пристигне, потруди се да дојдеш кај мене во Никополис, зашто имам намера таму да ја поминам зимата.\n<sup>13</sup>Кога правникот Зена и Аполос ќе решат да си заминат, погрижи се да ги снабдиш со сѐ што им е потребно за на пат.\n<sup>14</sup>Треба да ги учиме нашите луѓе да не седат со скрстени раце, туку вредно да работат, правејќи добри дела и за други луѓе, кои имаат итни потреби.\n<sup>15</sup>Те поздравуваат сите што се тука со мене.\nПоздрави ги сите што нѐ сакаат, оние со кои ја имаме истата вера.\nБог нека ви биде благонаклонет на сите.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A2%D0%B8%D1%82", "word_count": 1123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3018", "title": "Рајко Жинзифов", "text": "Рајко Жинзифов (роден како ''Ксенофон Ѕинѕиф'' во Велес на 15 февруари 1839 а умерл на 15 февруари 1877 во Москва) бил познат македонски преродбеник и дводомен писател. Тој бил сестран деец - публицист, преведувач и собирач на народно творештво.\n1 Дела\n1.1 Поеми\n*Крвава кошула\n1.2 Стихотворби\n*Глас\n*Охрид\n*Просјак\n*Молитва - препев.\n*Доба\n*Гарван\n*Брату си\n*Близ реката Вардар\n*Недопејана песња\n*Стихотворение\n*До бâлгарската мајка\n*Сељанка\n*Европеизмот во Шумен\n*После смртта на Н. Огњанов\n*На младенецот а...\n*Жалба\n*Таен глас\n*Белграду\n*Гулаб\n*Питање и одговор\n*****Гусљар в собор\n*Сон\n*Молитва\n*На чуждина\n*Млади години\n*На другоземецот\n*Вдовица\n*Разговор со сонцето\n*Безсоница\n*На Велигден\n*Сам себе си\n*Песња\n*Одзив кон певецот\n*После смртта на С. Филаретов\n*До мајка ми\n*Град\n*Нова година\n*Певец пред смртта си\n*Послание\n1.3 Раскази\n*Прошедба\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''\nbg:Автор:Райко Жинзифов", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2", "word_count": 149, "cyrillic": 0.993}
{"id": "3041", "title": "Викиизвор:Кратенки", "text": "Кратенка претставува страница за пренасочување со кратко име и служи за полесна пристапност до поважните страници на Викиизвор. На пример, кратенката ВП:НГТ води до страницата Викиизвор:Неутрална гледна точка, а КАТ:ШПК води до :Категорија:Шаблони за предупредување корисници.\nЛиста на сите кратенки може да се најде во :Категорија:Пренасочувања од кратенки.\nЗа да ставите кратенка во оваа категорија, додадете во страницата за пренасочување, но во истиот ред. Пример:#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ Викиизвор:Име на страница\nКратенките обично се создаваат со големи букви и со формат XXX:XXX. Од левата страна од двете точки, може да стои „ВП“ како кратенка од страници кои започнуваат со „Викиизвор“ или „КАТ“ како кратенка за некоја категорија. Од десната страна, кратенките најчесто се состојат од почетните букви на зборовите на страницата, без или со предлозите и сврзниците. На пример, за Викиизвор:Критериуми за брзо бришење, кратенката е ВП:КЗББ, но и ВП:КББ (исклучувајќи го предлогот „за“). Не мора секогаш кратенките да се создаваат на овој начин, туку на било кој начин, користејќи здрав разум, за лесна достапност на уредувачите.", "subject": ["Викиизвор:Како-да", "Викиизвор:Напатствија за уредување", "Викиизвор:Можности"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%B8", "word_count": 175, "cyrillic": 0.989}
{"id": "3047", "title": "Викиизвор:Кој го пишува Викиизвор", "text": "1 Како да се подобрат статиите\nКога ќе најдете статија која е незавршена или неточна, можете да ја уредите статијата за да го подобрите квалитетот, точноста и корисноста на Викиизвор. Некој можеби ќе стави ознака на врвот на статијата која вели дека статијата бара внимание. Можно е и да создадете нова статија за да ги поделите со јавноста информациите кои с уште не се во Викиизвор.\nКога за прв пат луѓето се запознаваат со Викиизвор, многумина мислат дека статиите се создаваат од многу луѓе кои додаваат само по неколку зборови од време на време. Многу уредувања се навистина ситни и само го поправаат правописот, реформулираат реченици или додаваат по некој факт. Но уредувачите кои имаат добро познавање на определена тема често придонесуваат со цели параграфи или цели статии одеднаш. Овие луѓе можат да бидат и универзитетски професори, но и добро информирани аматери и хобисти.\nНови или обични читатели на Викиизвор често ќе забележат мали грешки во статиите како што ги читаат, па ги поправаат, но некои други обични читатели се само љубопитни за тоа како може да се уредува Викиизвор и често додаваат некорисни или неучтиви коментари, кои најчесто бргу се отсрануваат од останатите уредувачи.\nСекогаш бидете храбри!\n2 Поврзано\n* Викиизвор – енциклопедиска статија која дава општ преглед на проектот\n* Викиизвор:Прашања – врски до посебни места каде што можете да поставувате прашања или да давате коментари\n* Викиизвор:Почетен курс - научете како да станете и Вие Викиизворнец!", "subject": ["Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9A%D0%BE%D1%98_%D0%B3%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0_%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80", "word_count": 235, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3061", "title": "Унгарскиот војвода Арпад ги напаѓа Македонците", "text": "Според анонимен хроничар во 896 година се бележи следниот опис за нападот на унгарскиот војвода Арпад:\n1 Наводи\n*''Anonymi (P.Magistri)Cesta Hungarorum, Scriptores rerum Hungaricarum tempore ducem regumque scriptis Arpadianae Gestarum. Vol. 1 (Edendo operi praefuit E. Szentpetery), Budapestini 1937, p. 91, 92.''", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност", "Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%BD%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0_%D0%90%D1%80%D0%BF%D0%B0%D0%B4_%D0%B3%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%93%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 44, "cyrillic": 0.421}
{"id": "2984", "title": "Второ писмо од апостол Петар", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Симеон Петар, слуга и апостол на Исус Христос,\nдо оние што ја имаат истата скапоцена вера што ја имаме и ние, вера што ни беше дадена преку праведноста на Исус Христос, нашиот Бог и Спасител.\n<sup>2</sup>Ви посакувам сѐ подобро да го запознавате Исус, нашиот Бог и Господ, а преку тоа Бог да ви биде сѐ поблагонаклонет и во изобилие да ви дава мир.\n2 Божјиот повик на свет живот\n<sup>3</sup>Запознавајќи го Христос, Неговата божествена сила ни подарува сѐ што ни е потребно за да живееме побожен живот. Тој нѐ повика да ги примиме Неговата слава и добрина.\n<sup>4</sup>Бог ни даде големи и скапоцени ветувања преку кои и вие можете да добиете божествена природа. Со неа ќе можете да им се противставите на вашите грешни страсти и да го избегнете погубното влијание на овој свет.\n<sup>5</sup>Затоа со сите сили потрудете се да ја унапредите својата вера. Додајте ѝ добрина, на добрината додајте ѝ знаење,\n<sup>6</sup>на знаењето додајте му самоконтрола, на самоконтролата додајте ѝ трпеливост, на трпеливоста додајте ѝ побожност,\n<sup>7</sup>на побожноста дојдајте ѝ љубов спрема сите христијани, а кон сето тоа додајте несебична љубов спрема секого.\n<sup>8</sup>Ако ги имате ваквите доблести во изобилие, ќе покажете дека вашето познавање на нашиот Господ Исус Христос ве има направено корисни и плодоносни.\n<sup>9</sup>Кој ги нема овие доблести, тој е слеп, или кратаковид, и заборавил дека Бог го исчисти од неговите стари гревови.\n<sup>10</sup>Затоа, драги пријатели христијани, потрудете се да покажете дека Бог навистина ве повикал и ве одбрал. Правејќи го ова, никогаш нема да се сопнете и да паднете.\n<sup>11</sup>Тогаш Бог широко ќе ги отвори портите на небото за да влезете во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.\n<sup>12</sup>Знам дека вие веќе сега сте цврсто втемелени во вистината и добро ги знаете овие нешта, но сепак јас секогаш ќе настојувам да ве потсетувам.\n<sup>13</sup>Сѐ додека сум во овој шатор, моето смртно тело, сметам дека ми е должност да ве потсетувам.\n<sup>14</sup>Нашиот Господ Исус Христос ми покажа дека моите денови овде на земјата се изброени и јас брзо ќе го напуштам овој шатор.\n<sup>15</sup>Затоа ќе направам сѐ што зависи од мене, за и после моето заминување вие да ги помните овие нешта.\n3 Веродостојноста на Божјите објави\n<sup>16</sup>Кога ви кажувавме за силата на нашиот Господ Исус Христос и за Неговото повторно доаѓање, ние не се служевме со лукаво смислени прикаски! Ние со свои очи ја видовме Неговата величественост!\n<sup>17</sup>Прими чест и слава од Бог Таткото кога Божјиот славен, величествен глас се спушти од небото кон Него:\n=П „Ова е Мојот Син, Мојот љубимец, =П Со Него сум целосно задоволен.“\n<sup>18</sup>Кога се случи тоа ние бевме таму, на светата гора, заедно со Исус и го слушнавме тој глас од небото.\n<sup>19</sup>Тоа уште повеќе нѐ разувери во вистинитоста на она што го претскажуваа пророците. Затоа, добро ќе сторите ако на нивните пораки гледате како на светило што свети во темнината, сѐ додека не осамне денот кога Христос, ѕвездата Деница, ќе заблеска во вашите срца.\n<sup>20</sup>Пред сѐ треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е нечија самоволна објава,\n<sup>21</sup>затоа што пророштвата никогаш не биле дадени по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог.\n= Глава 2 =\n4 Лажните вероучители и Божјата осуда\n<sup>1</sup>Но имаше и лажни пророци меѓу Израелците, како што и меѓу вас ќе има и лажни вероучители. Тие подмолно ќе воведуваат погубни ереси, свртувајќи се дури и против Господарот што ги откупи. Така тие брзо ќе навлечат врз себе уништување.\n<sup>2</sup>Многумина ќе тргнат по нивните срамни патишта и заради нив лошо ќе се зборува за Патот на вистината.\n<sup>3</sup>Поради алчност ќе измислуваат разни прикаски, само за да извлечат од вас материјална корист. Но Бог уште одамна им пресудил на таквите. Уништувањето нив будно ги чека.\n<sup>4</sup>Зашто Бог не ги поштеди ни ангелите што згрешија, туку ги предаде во оковите на мракот, ги фрли во пеколот, за да бидат таму чувани сѐ до Судниот ден.\n<sup>5</sup>Не го поштеди ни древниот свет, туку пушти потоп и ги уништи безбожниците. Го сочува само Ное, кој проповедаше праведност, и неговото седумчлено семејство.\n<sup>6</sup>Градовите Содом и Гомора во прав и пепел ги претвори! Им пресуди и ги разори на страотен начин, како пример за сите што сакаат да бидат безбожни.\n<sup>7</sup>Но Лот беше праведен и се згрозуваше од развратот на тие изопачени луѓе. Затоа Бог него го избави.\n<sup>8</sup>Тој беше праведен човек и за него беше душевно измачување да живее со Содомјаните и секојдневно да ги гледа и слуша како прават секакви зла.\n<sup>9</sup>Бог знае како да ги избави побожните луѓе од нивните неволи, а неправедните ги казнува уште додека го очекуваат Судниот ден.\n<sup>10</sup>Тоа посебно се однесува на оние што се раководат од телото и грешните страсти и го презираат Божјиот авторитет. Во нивната дрскост тие луѓе немаат никаква почит спрема славните небесни суштества, туку се осмелуваат дури и да ги навредуваат!\n<sup>11</sup>Дури ни ангелите, иако се многу посилни и помоќни од нив, не изнесуваат пред Господ такви навредливи обвиненија против нив.\n<sup>12</sup>Таквите луѓе се како неразумни животни, кои се определени за да бидат ловени и убивани. Се потсмеваат на нешта што не ги разбираат. Затоа и ќе загинат како животни.\n<sup>13</sup>Ќе страдаат како казна за сите страдања што ги предизвикале. За нив претставува уживање среде бел ден да се препуштат на разврат. Кога јадат и пијат со вас, тие се дамки на вашиот углед и само ве осрамотуваат, затоа што тоа го прават од нечисти мотиви.\n<sup>14</sup>Очите им се полни со прељуби. Нивната желба за грев е незаситна. Ги заведуваат неутврдените луѓе, а срцата им се навикнати на алчност. Тоа се проколнати луѓе!\n<sup>15</sup>Оставајќи го правиот пат, тие заталкаа. Се поведоа по примерот на пророкот Балаам, синот на Беор, кој за пари беше спремен да постапува неправично.\n<sup>16</sup>Но тој беше прекорен за својот престап. Неговото магаре, немо животно, проговори со човечки глас и го натера да прекине со тие неразумни постапки.\n<sup>17</sup>Таквите луѓе се како пресушени извори, како облаци разнесени од ветрот. За нив е обезбедено место во најцрната темнина.\n<sup>18</sup>Устите им се полни со празни фалби. Со своите незауздани телесни похоти, тие ги заведуваат луѓето кои одвај се истргнеле од живеење во заблуди.\n<sup>19</sup>Им ветуваат слобода, а самите се робови на корупција, зашто човек му робува на она што не може да го заузда.\n<sup>20</sup>Ако кога дознаа за нашиот Господ и Спасител Исус Христос тие навистина се оттргнаа од валканите навики на овој свет и сега пак се вплеткуваат во стапицата на развратноста и претрпуваат пораз, тогаш нивната сегашна состојба е полоша од онаа на почетокот!\n<sup>21</sup>Подобро ќе беше да не го запознаеја патот на праведноста, отколку, откако го запознаа, да ѝ свртат грб на светата заповед што им беше дадена!\n<sup>22</sup>Ним им се случи она што го кажуваат поговорките:\n=П\n<Песот се враќа на сопствената блујавица.“\nи\n=П\n<Откако се искапила, свињата во калта се вратила!“\n= Глава 3 =\n5 Господ ќе се врати!\n<sup>1</sup>Драги мои, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, за да ви ги освежам сеќавањата и да ве поттикнам искрено да расудувате.\n<sup>2</sup>Потсетувајте се на зборовите што ги кажуваа светите пророци и на заповедите на нашиот Господ и Спасител, дадени преку апостолите.\n<sup>3</sup>Прво, треба да знаете дека во последните денови ќе дојдат луѓе што ќе ѝ се подбиваат на вистината, ќе се раководат од своите грешни страсти\n<sup>4</sup>и ќе велат: „Што се случи со ветувањето дека Христос ќе се врати? Нашите предци одамна изумреа, а во светот сѐ си тече онака како што било уште од неговото создавање!“\n<sup>5</sup>Тие како да забораваат дека небесата постојат веќе многу долго време, и дека преку Божјата заповед Земјата излезе од вода, останувајќи опкружена со вода.\n<sup>6</sup>На Божја заповед светот потоа беше поплавен од водите и беше уништен.\n<sup>7</sup>На Божја заповед сегашните небо и Земја се чуваат сѐ до Судниот ден. Тогаш оган ќе ги проголта, а безбожниците ќе бидат уништени.\n<sup>8</sup>Драги мои, една работа да не заборавате: за Господ еден ден е како илјада години и илјада години се како еден ден.\n<sup>9</sup>Господ не одолговлекува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси.\n<sup>10</sup>Денот кога Господ ќе се врати, ќе ве изненади како крадец. Небесата ненадејно ќе исчезнат со силна бучава. Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земајта и сите остварувања на неа, ќе исчезнат.\n<sup>11</sup>Кога знате дека сето ова ќе пропадне, како треба да се однесувате? Треба да водите свет живот, посветен на Бог,\n<sup>12</sup>да го чекате и да го посакувате доаѓањето на тој Божји ден што поскоро. Тогаш небесата ќе бидат запалени и уништени, а елементарните состојки од жештина ќе се растопат.\n<sup>13</sup>Но за нас Бог вети ново небо и нова Земја, каде што ќе владее праведност. Ова со нетрпение го очекуваме!\n<sup>14</sup>Очекувајќи го ова, пријатели мои, потрудете се Христос да ве затекне чисти, без пороци и помирени со Бог.\n<sup>15</sup>Ценете ја трпеливоста на нашиот Господ, бидејќи таа дава можност што повеќе луѓе да се спасат. За тоа ви пиша и нашиот сакан брат Павле, воден од мудроста што Бог му ја дал.\n<sup>16</sup>Тој за ова пишува во сите свои писма. Во тие писма има и работи што се тешки за разбирање, па некои неуки и неутврдени луѓе ги извртуваат, како што извртуваат и други делови од Светото писмо. Така самите ќе се уништат.\n<sup>17</sup>Но вие, драги мои, благовремено сте предупредени. Чувајте се да не застраните, да не бидете заведени од овие зли луѓе и да ја загубите сигурната позиција на која се наоѓате.\n<sup>18</sup>Трудете се да придобиете сѐ поголема благонаклоност од нашиот Господ и Спасител Исус Христос и сѐ подобро да Го запознавате.\nНему Му припаѓа славата и сега и во вечни времиња. Амин.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80", "word_count": 1602, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3026", "title": "Викиизвор:Помош", "text": "{|\n|-\n| |\nПомош → СодржинаЧесто поставувани прашања\ntype=search\nwidth=20\nnamespaces=Помош**,Викиизвор**,Шаблон**\nsearchbuttonlabel=Пребарај\nbgcolor=#cee0f2\nbreak=no\n|-\n|\n{|\n| |\nПочетни работи\n*Вовед во Викиизвор\n*Како да се најавите\n*Зошто да создадам корисничка сметка?\n*Помошна табела со команди\n*Песок, страница за експериментирање\n*Каде да поставам прашање? - листа на места каде нашите волонтери одговараат на било какви прашања.\n**Биро за помош за користење на Викиизвор\n**Страница за помош на нови уредувачи\nРазгледување на Викиизвор\n:Кој го пишува Викиизвор ги дава најважните потребни информации за новите читатели.\n* Како да барам статии\n* Како да преземам содржина од Викиизвор\n* Како да ја користам страницата Скорешни промени\n* Како да користам кратенки\n* Како да го прилагодам Викиизвор според моите потреби\nПринципи и напатствија\n*Пет столба, основните принципи на проектот\n*Цитирање на извори\n*Проверливост на енциклопедиската содржина\n*Неутрална гледна точка\nУредување\n:Почетен курс за уредување кој ќе Ви помогне да станете Викиизворнец.\n:Прирачник за стилот, како да пишувате статии со енциклопедиски тон.\n* Како да почнам нова статија?\n* Како да уредам страница?\n* Како да конвертирам статија во кирилична поддршка?\n* Како да пренасочам различни наслови кон еден наслов?\n* Како да подредувам по азбучен редослед?\nКонтакт\n** Ирц канали\n* Мета-Вики, сајт кој соработува со проектот Викиизвор. Тука можете да праќате есеи и дискусии за теми поврзани со Викиизвор.", "subject": ["Викиизвор:Помош"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%88", "word_count": 206, "cyrillic": 0.956}
{"id": "3084", "title": "Устав на ВМОРО", "text": "ВМОРО има за цел да ги сплоти во една целина сите назадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност за извојување политичка автономија на тие две области.\nОрганизацијата им се спротиставува на стремежитер за делба и завладување на тие области од која и да е држава.\nЗа отстранување на таа цел организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуват населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување. Таа се грижи за културното и економското издигнување на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против турската власт.\nОрганизацијата се состои од месни револуционери на секое одделно место (село или град).\nЧлен на ВМОРО може да биде секој кој живее во Европска Турција без разлика на пол, вера, народност и убедување.\nСекоја местна организација се дели на група со по еден десетар.\nСекоја местна организација ја раководи нејзиниот местен комитет.\nСелските и градските местни комитети им се потчинети на реонските, овие на околиските, овие пак на окружните комитети, а целата организација ја раководи Централниот Комитет.\nПред надворешниот свет организацијата ја претставува претставничко тело.\nЗа контролирање и финансирање на комитетот се создадени контролни институции.\nЗа разгледување на судски дела и спорови се формира судски институт.\nФункционерите се изборни.\nПаралелно со легалната дејност постои и четничкиот институт од нелегални сили.\nОколиските, окружните и Централниот Комитет имаат свои соодветни печати.\nОрганизацијата се служи со својата тајна пошта.\nМатеријални средства организацијата си ги прибира од: Редовни членски влогови, Доброволни прилози и налози, Прилози и податоци испратени за организацијата од туѓина, Казни, Непредвидени приходи добиени со сила на оружјето.\nСекој што ќе му наштети на делото се казнува согласно Правилникот.\nВрз основа на овој устав е изработен подетален правилник на организацијата.", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%92%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E", "word_count": 302, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2996", "title": "Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Солун", "text": "Библија\n= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, Силван и Тимотеј\nдо членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото, и на Господ Исус Христос.\nБог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.\n2 Примерната вера на солунските христијани\n<sup>2</sup>Постојано Му заблагодаруваме на Бог за сите вас и секогаш ве спомнуваме во нашите молитви.\n<sup>3</sup>Си спомнуваме пред Бог, нашиот Татко, како се покажа вашата вера на дело, како работите со љубов и колку трпеливо се надевате на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>4</sup>Знаеме, драги пријатели, дека Бог вас ве сака и дека ве одбра да бидете Негов народ,\n<sup>5</sup>затоа што Радосната вест не ви ја проповедавме само преку зборови, туку бевте сведоци на огромна сила: Светиот Дух наполно ве увери дека тоа што ви го говоревме е вистина. Вие знаете како ние живеевме додека бевме кај вас. Тоа беше дополнителен доказ дека нашата порака е искрена.\n<sup>6</sup>Вие сега се однесувате онака како што се однесуваме ние и како што се однесува Господ, па, иако многу настрадавте, со радост ја прифативте пораката што доаѓа од Светиот Дух.\n<sup>7</sup>Така им станавте пример на сите христијани во Македонија и Ахаја.\n<sup>8</sup>Не само што од вас почна да се шири пораката Господова во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера насекаде се раскажува! Нема никаква потреба ние за тоа да зборуваме.\n<sup>9</sup>Самите луѓе раскажуваат за вас, како сте ги пречекале, како сте се обратиле кон Бог и сте престанале да им служите на идолите, за да Му служите на вистинскиот, на живиот Бог;\n<sup>10</sup>и како го чекате Неговиот Син Исус да дојде од небото. Него Бог Го воскресна од мртвите и Тој нѐ избави од Божјиот гнев што ќе дојде.\n= Глава 2 =\n3 Мисијата на Павле во Солун\n<sup>1</sup>Вие, драги мои, знаете дека нашето доаѓање кај вас не беше загубено време.\n<sup>2</sup>Знаете како настрадавме и како нѐ навредуваа во градот Филипи, пред да дојдеме кај вас. Сепак, Бог ни даде храброст, наспроти силното противење, и вам да ви ја пренесеме Неговата Радосна вест.\n<sup>3</sup>Тоа што ви го проповедавме не произлегува од заблуда, ниту пак е со нечисти мотиви, или со измами.\n<sup>4</sup>Зборуваме онака како што Бог бара од нас, зашто Тој нѐ провери и утврди дека може да ни го довери проповедањето на Радосната вест. Затоа ние зборуваме, не со намера да им угодуваме на луѓето, туку да Му угодиме на Бог, на Оној што ги проверува мотивите на нашите срца.\n<sup>5</sup>Добро знаете дека ние не се обидовме да ве придобиеме со подмилкување. Бог ни е сведок дека не дојдовме кај вас со подмолна алчност за богатење.\n<sup>6</sup>Не бараме ни признание од луѓето: ниту од вас, ниту од други луѓе.\n<sup>7</sup>Како апостоли на Христос можевме да ви поставуваме разни барања, но ние многу внимателно се однесувавме со вас, како мајка доилка што со нежност се грижи за своите дечиња.\n<sup>8</sup>Толку ни станавте мили, толку се приврзавме спрема вас, што бевме решени не само да ви ја пренесеме Божјата Радосна вест, туку и душите свои да ги дадеме за вас.\n<sup>9</sup>Впрочем, драги пријатели, потсетете се како ние работевме и се трудевме. Ден и ноќ работевме за својата издршка, за да не му бидеме на товар на никого од вас додека ви ја проповедавме Божјата Радосна вест.\n<sup>10</sup>Вие и Бог сте ни сведоци дека нашето поведение спрема вас христијаните беше искрено, праведно и беспрекорно.\n<sup>11</sup>Знаете дека спрема секого од вас се однесувавме онака како што татко се однесува спрема своите деца.\n<sup>12</sup>Ве охрабрувавме, ве утешувавме и ве поттикнувавме да живеете онака како што прилега за Бог, Кој ве повикува да станете дел од Неговото царство и да учествувате во Неговата слава.\n<sup>13</sup>Постои и друга причина поради која ние постојано Му заблагодаруваме на Бог. Кога ја слушнавте од нас Божјата порака, вие ја прифативте не како порака што доаѓа од луѓе, туку како Божја порака, што таа навистина и е. Таа сега дејствува во вас кои поверувавте.\n<sup>14</sup>Драги пријатели христијани, вам ви се случија истите нешта што им се случуваат на Божјите цркви во Јудеја и на сите луѓе што Му се верни на Исус Христос. Вие настрадавте од вашите сонародници, исто како што тие страдаа од Евреите,\n<sup>15</sup>од оние што Го убија Господ Исус, што ги убиваа пророците, од оние што и нас жестоко нѐ прогонуваа. Тие не Му се по волја на Бог. Непријателски се расположени спрема целото човештво.\n<sup>16</sup>Ни забрануваа да им проповедаме на луѓе што не се Евреи, за да не се спаси и некој што не е Евреин! Со тоа докрај се исполни списокот на нивните гревови. Сега Божјиот гнев конечно дојде и на нивна глава.\n4 Павле сака повторно да ја посети црквата во Солун\n<sup>17</sup>Драги пријатели! Колку многу ни недостасувате, колку желно сакаме пак да ги видиме вашите лица, иако само кратко време сме одвоени од вас, се разбира физички, но не и во нашите мисли.\n<sup>18</sup>Сакавме да дојдеме кај вас. Јас, Павле, не еднаш се обидов, но сатаната нѐ спречи.\n<sup>19</sup>Конечно, што ни дава надеж и радост, со каков венец ние ќе се гордееме? Тоа сте вие! Кога нашиот Господ Исус повторно ќе дојде, ние со вас ќе се гордееме и ќе се радуваме.\n<sup>20</sup>Вие сте нашата слава и радост.\n= Глава 3 =<sup>1</sup>Веќе не можевме да издржиме. Решивме само ние да останеме во Атина,\n<sup>2</sup>а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј. Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос. Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера.\n<sup>3</sup>Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.\n<sup>4</sup>Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи.\n<sup>5</sup>Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.\n<sup>6</sup>Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести. Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов. Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да нѐ видите.\n<sup>7</sup>Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу нѐ охрабри.\n<sup>8</sup>Вашата непоколеблива вера во Господ претставува силен поттик за нас.\n<sup>9</sup>Како да Му се заблагодариме на Бог за вас? Како да Му возвратиме за сета радост што ни ја причинувате?\n<sup>10</sup>Деноноќно, од сѐ срце Му се молиме на Бог пак да се сретнеме со вас и да ви помогнеме онаму каде што имате потреба во однос на вашата вера.\n<sup>11</sup>Се молиме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос, да ни дозволат пак да дојдеме кај вас.\n<sup>12</sup>Господ нека ја поттикне љубовта што ја имате еден спрема друг и спрема сите луѓе. Таа љубов нека расте онака како што расте нашата љубов спрема вас.\n<sup>13</sup>А кога нашиот Господ Исус ќе дојде, заедно со сите Негови следбеници, нека ги направи вашите срца чисти и посветени во очите на Бог, нашиот Татко. Амин.\n= Глава 4 =\n5 Поттик на богоугоден живот\n<sup>1</sup>За крај, драги пријатели, сега кога Му припаѓате на Господ Исус, ве молиме и ве повикуваме да живеете богоугодно, онака како што ве учевме. Вие веќе сега живеете така, но трудете се уште повеќе.\n<sup>2</sup>Потсетувајте се на упатствата што ви ги дававме како на следбеници на Господ Исус.\n<sup>3</sup>Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд.\n<sup>4</sup>Секој треба да умее да го контролира своето тело, за да биде свето и за почит.\n<sup>5</sup>Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.\n<sup>6</sup>Во однос на ова прашање, никако не смеете да мамите и искористувате други христијани! Потсетете се, веќе ве предупредивме дека Господ ќе го казни секој што така прави.\n<sup>7</sup>Бог не ве одбра за да живеете валкан живот, туку за да бидете свети.\n<sup>8</sup>Секој што не се придржува кон ова, не е непослушен спрема нас, туку спрема Бог, спрема Оној што ни Го дава Својот Свет Дух.\n<sup>9</sup>Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг. Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате,\n<sup>10</sup>и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија. Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте.\n<sup>11</sup>Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме.\n<sup>12</sup>Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.\n6 Воскреснување и вознесување на христијаните\n<sup>13</sup>Драги пријатели христијани, сакаме да знаете што ќе се случи со оние што се починати, за да не тагувате како луѓето што по ова прашање немаат никаква надеж.\n<sup>14</sup>Ако ние веруваме дека Исус умре и воскресна, веруваме и дека Бог пак ќе ни Го врати, а со Него ќе ги врати и сите што пред да починат верувале во Исус.\n<sup>15</sup>Ова ни е кажано од Господ. Тој ни рече дека ние што ќе бидеме живи кога Тој повторно ќе дојде, ќе се сретнеме со Него откако Тој претходно ќе ги воскресне починатите.\n<sup>16</sup>Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат;\n<sup>17</sup>потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него.\n<sup>18</sup>Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови.\n= Глава 5 =<sup>1</sup>Нема потреба да ви пишувам за времето и датумот кога ќе се случи ова.\n<sup>2</sup>Вие сигурно и самите знаете дека доаѓањето на Господ ќе биде ненадејно, како кога крадец неочекувано упаѓа ноќе.\n<sup>3</sup>Кога луѓето ќе си мислат: „Сега сме мирни и безбедни,“ тогаш неочекувано ќе им дојде уништувањето, како кога породилни болки ѝ доаѓаат на жена што треба да роди. Тоа неминовно ќе им се случи.\n<sup>4</sup>Но вие што сте христијани, не живеете во мрак, па во тој ден нема да бидете непријатно изненадени, како од крадец.\n<sup>5</sup>Вие ѝ припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта.\n<sup>6</sup>Затоа, да нѐ бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени.\n<sup>7</sup>Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат;\n<sup>8</sup>но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата.\n<sup>9</sup>Бог не нѐ одбра за да нѐ казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос,\n<sup>10</sup>Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати.\n<sup>11</sup>Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.\n7 Упатства за меѓусебните односи во Црквата\n<sup>12</sup>Драги христијани по црквите, ве молиме да им оддавате признание на оние што работат меѓу вас, што ве водат и поучуваат;\n<sup>13</sup>искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате.\n<sup>14</sup>Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.\n<sup>15</sup>Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.\n<sup>16</sup>Бидете секогаш радосни,\n<sup>17</sup>постојано молете се.\n<sup>18</sup>Што и да ви се случува, прифаќајте го со благодарност, зашто така, вие што Му припаѓате на Исус Христос, ја исполнувате Божјата волја.\n<sup>19</sup>Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.\n<sup>20</sup>Немојте да ги занемарувате пророштвата.\n<sup>21</sup>Проверувајте сѐ што се проповеда и држете се до тоа што е добро.\n<sup>22</sup>Држете се настрана од сѐ што е зло.\n8 Благослови и поздрави\n<sup>23</sup>Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, сѐ до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>24</sup>На Оној што ве одбра, можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.\n<sup>25</sup>Драги пријатели христијани, молете се и за нас.\n<sup>26</sup>Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж.\n<sup>27</sup>Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани.\n<sup>28</sup>Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.\nЗабелешки:\nar:الكتاب المقدس\nbs:Biblija\ncs:Bible\ncy:Beibl\nde:Bibel\nel:ءمكل أٌلِق\nes:Biblia\nfr:La Bible\nhe:ביבליה\nhr:Biblija\nit:Sacra Bibbia\nla:Biblia Sacra\nml:ബൈബിള്‍\npl:Biblia Gdaסska\npt:Bםblia\nro:Biblia\nru:ֱטבכט\nsl:Sveto pismo\nsr:ׁגועמ ןטסלמ\nsv:Bibeln 1917\nth:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ\ntr:İncil\nuk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD", "word_count": 2116, "cyrillic": 0.97}
{"id": "3094", "title": "Закон за јавните набавки", "text": "Закон за јавните набавки може да се однесува на:\n12.11.2007 #136 Закон за јавните набавки\n30.03.2004 #19 Закон за јавните набавки\n12.06.1998 #26 Закон за јавните набавки", "subject": ["Закон за јавните набавки"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B8", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3085", "title": "Устав на ТМОРО", "text": "Глава I\nЦел\nТајната Македоно - Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.\nЗа постигање на таа цел Организацијата се бори да ги премавне шовинистичките пропаганди и национални расправии, кои го цепат и ослабуваат македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател. Дејствува за внесување револуционерен дух и сознание меѓу населението и ги употребува сите средства и напори за поскорешно и своевремено вооружување на населението со се жто е неопходно за едно општо и насекаде присутно востание.\nГлава II\nСостав и устројство\nТајната македонско-одринска револуционерна организација се состои од месни револуционерни организации (дружини), составени од членовите на секоја одделна месност (град или село).\nЧлен на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното ослободително дело.\nСекоја месна организација се раководи и управува од свој местен комитет (управно тело). Комитетите се делат на селски, околиски и окружни.\nСекоја месна организација се дели на групи со по еден началник (десетник).\nСелските комитети им се потчинети на околиските, околиските на окружните, а целата организација се раководи и управува од Централниот таен револуционерен македонско-одрински комитет.\nСелските комитети (управни тела) се избираат од членовите на месните организации и се потврдуваат од околиските комитети (управни тела); последните се раководат од членовите на околиските центри и се потврдуваат од окружните со согласност на Цент. комитет; а окружните се назначуваат направо од последниот. Во извонредни случаи ЦК има право да го довери раководењето на работите во окрузите и околиите во рацете на едно од него избрано внатрешно или ополномоштено надворешно лице.\nЧленовите на Централниот комитет се избираат секоја година од околиските и окружните комитети по спогодба. Изборот станува по начин каков што околностите го диктираат. Местото и времето на избирањето се определува од ЦК.\nПри изборот на ЦК се определува местото на седиштето, кое што ќе им биде познато само на окружните и околиските комитети.\nСекој околиски револуционерен реон си има своја чета, задачата на која се определува во специјален правилник.\nСекој член од комитетот носи псевдоним, кој му е даден од Центр. комитет.\nТЦМОРК има печат со амблем, знаме, сабји, пушки и бомба и со натпис: Македонско-одрински централен рвволуционерен комитет. Големината и особените знаци се определуваат од Центр. комитет и им се соопштуваат на окружните и околиските комитети со специјална окружница.\nЗа поврзување со околните комитети секој окружен, околиски и селски комитет си има своја тајна пошта.\nЗа следење на работата на надворешните и внатрешните непријатели и за претпазливост од нив, секој комитет си има своја тајна полиција.\nГлава III\nМатеријални средства на револуционерната организација\nТРО ќе се снабдува со пари: 1) од доброволни прилози; 2) од редовните членски влогови и 3) од пари, собрани на начин каков што ЦМОРК ќе го најде за уместен, или пак месниот со претходна согласност на Централниот.\nГлава IV\nКазни\nСекој што ќе згреши во штета на делото, бил тој работник или не, се казнува. Казната му се определува од месниот комитет и се извршува со согласност на Централниот.\nВрз основа на овој устав е изработен подробен внатрешен правилник.", "subject": ["Историја на македонскиот народ", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E", "word_count": 540, "cyrillic": 0.993}
{"id": "2999", "title": "Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, апостол на Исус Христос, кој по Божја волја проповеда за животот што Бог го вети преку вера во Исус Христос.\n<sup>2</sup>До Тимотеј, кој ми е како вистински син.\nТи посакувам Бог, Кој е наш Татко и Исус Христос, Кој е наш Господ, да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.\n2 Поттик на верност\n<sup>3</sup>Благодарен сум Му на Бог за тебе. Нему Му служам со чиста совест, онака како што Му служеле и моите предци. Постојано те спомнувам во моите молитви и деноноќно Му се молам на Бог за тебе.\n<sup>4</sup>Се сеќавам како пророни солзи при нашата разделба и копнеам пак да те видам, за повторно да се исполнам со радост.\n<sup>5</sup>Знам дека имаш искрена вера. Така поверува прво баба ти Лоида, потоа мајка ти Евника, а убеден сум дека и ти веруваш во Господ исто толку искрено.\n<sup>6</sup>Затоа те потсетувам да го разгоруваш во себе Божјиот дар што го доби кога положив раце врз тебе.\n<sup>7</sup>Божјиот Дух не создаде од нас плашливци. Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина.\n<sup>8</sup>Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ. Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ. Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања.\n<sup>9</sup>Бог нѐ спаси и нѐ одбра да живееме свет живот, не поради тоа што ние со нашите постапки тоа го заслужуваме, туку затоа што тоа беше Негов план уште пред почетокот на времето - да ни ја искаже Својата благонаклоност преку Исус Христос.\n<sup>10</sup>Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно. Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот.\n<sup>11</sup>Бог ме постави за проповедник, апостол и учител на Радосната вест.\n<sup>12</sup>Тоа е причината поради која сега страдам в затвор. Но не се срамам! Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил, сѐ до Оној Ден.\n<sup>13</sup>Придржувај се до здравото учење што го доби од мене, а верноста и љубовта на Исус Христос нека ти бидат пример.\n<sup>14</sup>Со помош на Светиот Дух, Кој живее во нас, чувај го она што Бог ти го довери.\n<sup>15</sup>Ти знаеш дека сите христијани што дојдоа овде од Азија, вклучувајќи ги Фигел и Ермоген, ме напуштија.\n<sup>16</sup>Господ нека го благослови домот на Онисифор. Тој често ме посетува и не се срами поради тоа што сум в затвор.\n<sup>17</sup>Веднаш штом стигнал во Рим упорно ме барал додека не ме најде.\n<sup>18</sup>Господ нека му биде посебно благонаклонет во Оној Ден. Вие добро знаете колку многу тој ми помагаше додека бев во Ефес.\n= Глава 2 =\n3 Смислата на страдањата заради верата во Христос\n<sup>1</sup>Тимотеј, сине мој, Исус Христос ти е благонаклонет! Дозволи Му да те направи силен.\n<sup>2</sup>Она што го слушаше од мене пред многубројни сведоци, пренеси им го на оние луѓе кои заслужуваат таква доверба, луѓе што се способни да поучуваат и други.\n<sup>3</sup>Како добар војник на Исус Христос издржи го твојот дел од страдањата, како што и јас го издржувам мојот дел.\n<sup>4</sup>Кога еден војник е на должност не треба да се плетка со цивилни работи. Само така ќе може да го исполни она што од него го бара неговиот претпоставен.\n<sup>5</sup>Кога еден атлетичар се натпреварува, не може да победи, ако не се придржува до правилата.\n<sup>6</sup>Земјоделецот што напорно работи треба прв да вкуси од плодовите на својот труд.\n<sup>7</sup>Размисли за ова и Господ ќе ти помогне овие нешта целосно да ги разбереш!\n<sup>8</sup>Постојано имај Го на ум Исус Христос! Тој му беше потомок на Давид и воскресна од мртвите. Тоа е Радосната вест што јас ја проповедам.\n<sup>9</sup>Поради тоа што ја проповедам Радосната вест, сега сум в затвор, како да сум злосторник. Но Божјата порака не е окована!\n<sup>10</sup>Готов сум сѐ да издржам, ако со тоа придонесам оние што Бог ги одбрал, да добијат спасение и вечна слава, бидејќи Му припаѓаат на Исус Христос.\n<sup>11</sup>Вистина е дека:\n„Ако сме умреле со Христос,\nсо Него и ќе живееме.\n<sup>12</sup>Ако издржиме,\nсо Него ќе владееме.\nАко се откажеме од Него\nи Тој ќе се откаже од нас.\n<sup>13</sup>Ако не Му бидеме верни,\nТој сепак ќе остане верен,\nзашто Христос не може\nда се порекне Самиот Себе.“\n4 Биди добар работник\n<sup>14</sup>Потсетувај ги луѓето на овие работи. Сериозно предупредувај ги во Божјо име да не се фаќаат за збор и од тоа да прават расправии. Од такви расправии ништо добро не може да произлезе. Тие можат само да ги уништат оние што ги слушаат.\n<sup>15</sup>Труди се да се докажеш пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, зашто правилно ја проповеда вистината.\n<sup>16</sup>Одбегнувај безбожни и бесмислени расправи. Тие само ги оддалечуваат луѓето од Бог.\n<sup>17</sup>Таквите учења се како рак - рана што се шири по телото. Именеј и Филет ти се пример за тоа.\n<sup>18</sup>Застранија од вистината. Тврдат дека мртвите веќе воскреснале. Тоа ја поткопа верата кај некои луѓе.\n<sup>19</sup>Без оглед на тоа, темелот што Бог го има поставено е цврст. Врз него стои напишано: „Господ знае кои луѓе се Негови. Секој што се повикува на Господовото име треба да се откаже од секаков грев.“\n<sup>20</sup>Во богатите куќи нема само садови од злато и сребро, туку има и дрвени и глинени садови. Некои се за свечена, а некои за секојдневна употреба.\n<sup>21</sup>Така е и со луѓето. Ако човек се очисти, Бог ќе го издвои за посебни задачи и ќе може да го употреби за секаква добра работа.\n<sup>22</sup>Бегај од искушенија својствени за млади луѓе! Стреми се кон праведност, вера, љубов и мир, заедно со оние што со чисто срце Го повикуваат Господ.\n<sup>23</sup>Не учествувај во глупави и бесмислени расправи. Тие само доведуваат до кавги.\n<sup>24</sup>Човек што Му служи на Бог не треба да се кара, туку да биде љубезен спрема сите, да ги поучува, да биде трпелив,\n<sup>25</sup>кротко да ги поучува оние што ѝ се противставуваат на вистината. Можеби Бог ќе им помогне да се покаат и да ја сфатат вистината.\n<sup>26</sup>Тогаш ќе си дојдат на себеси и ќе се извлечат од стапицата во која ги има фатено ѓаволот и ги има натерано да ги извршуваат неговите наредби.\n= Глава 3 =\n5 Опасностите во последните денови\n<sup>1</sup>Треба да знаеш дека во последните денови ќе настапат многу тешки времиња.\n<sup>2</sup>Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви. Ќе навредуваат, ќе бидат непослушни спрема родителите, ќе бидат неблагодарни и без светост.\n<sup>3</sup>Ќе немаат љубов, ни желба да си простуваат; ќе се клеветат еден со друг, ќе немаат самоконтрола, ќе бидат свирепи и ќе му се противат на сѐ што е добро.\n<sup>4</sup>Ќе станат предавници, безобѕирни и вообразени. Наместо да го сакаат Бог, на прво место ќе сакаат да уживаат во своите страсти.\n<sup>5</sup>Навидум ќе изгледаат побожни, но тие ќе ја одбиваат силата што може да ги направи навистина побожни. Држете се понастрана од таквите луѓе!\n<sup>6</sup>Има меѓу нив и такви што влегуваат по домовите и ги придобиваат оние жени што се робови на гревот и што се раководат од необуздани страсти.\n<sup>7</sup>Таквите жени постојано се подготвени да слушнат нешто ново, а никако да ја сфатат вистината.\n<sup>8</sup>Тие луѓе ѝ се противставуваат на вистината онака како што Јанис и Јамврис му се противставија на Мојсеј. Тоа се луѓе со изопачен ум, нивната вера е лажна.\n<sup>9</sup>Нема далеку да стигнат! Набргу нивното безумие ќе им стане јасно на сите, исто како што се случи и со Јанис и Јамврис.\n6 Упатства до Тимотеј\n<sup>10</sup>Тимотеј, внимателно слушаше што те поучував и гледаше како живеев. Знаеш што сакам да постигнам и во што верувам. Виде колку сум трпелив и колку ги сакам луѓето. Виде колку можам да истраам.\n<sup>11</sup>Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра. Низ какви сѐ прогони поминав и од сите нив Господ ме избави!\n<sup>12</sup>Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани,\n<sup>13</sup>а злите луѓе и измамниците, ќе стануваат сѐ полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.\n<sup>14</sup>Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше.\n<sup>15</sup>Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос.\n<sup>16</sup>Целото Свето писмо е од Бога вдахновено. Сѐ што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме.\n<sup>17</sup>Светото писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Кога Исус Христос ќе дојде да го воспостави Своето царство, Тој ќе им суди на сите - и на живите или на мртвите. Затоа, имајќи ги Бог и Исус Христос за сведоци, со заклетва те обврзувам\n<sup>2</sup>да ја проповедаш Божјата порака! Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не. Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови. Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.\n<sup>3</sup>Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат.\n<sup>4</sup>Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.\n<sup>5</sup>Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација. Издржи ги неправдите. Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.\n<sup>6</sup>На мојот живот му се гледа крајот. Дојде време да заминам кај Господ.\n<sup>7</sup>Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен.\n<sup>8</sup>Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.\n7 За некои лични работи\n<sup>9</sup>Потруди се да дојдеш кај мене најбрзо што можеш.\n<sup>10</sup>Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун. Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација.\n<sup>11</sup>Само Лука остана со мене.\nДоведи го и Марко. Тој ќе ми биде од голема полза во службата.\n<sup>12</sup>Тихик го пратив во Ефес.\n<sup>13</sup>Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп. Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.\n<sup>14</sup>Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки.\n<sup>15</sup>Чувај се од него! Многу се противи на она што го проповедаме.\n<sup>16</sup>Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е.\n<sup>17</sup>Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите.\n<sup>18</sup>Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето Небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!\n8 Завршни поздрави\n<бр Ѓ> <sup>19</sup>Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.\n<sup>20</sup>Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет.\n<sup>21</sup>Потруди се да дојдеш пред зимата.\nТе поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.\n<sup>22</sup>Господ нека биде духовно со тебе и спрема сите вас нека биде благонаклонет.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A2%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%98", "word_count": 1908, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3045", "title": "Викиизвор:Прирачник за стилот", "text": "Прирачникот за стил овозможува основни информации за тоа ''како'' да се уредува содржината на статиите.\n1 Конвенции за именување\nОпшто, именувањето на статиите треба да го преферира она што најголемиот број зборувачи на македонски јазик би го најлесно препознале, а истовремено создавањето на врски до таквите статии треба да биде лесно.\nОва е оправдано од следново начело:\n:''Имињата на статиите на Викиизвор треба да бидат оптимизирани повеќе за читателите отколку за уредувачите и повеќе за општата публика отколку за специјалистите.''\nВикиизвор ја определува познатоста на името преку гледање како веродостојните извори на македонски јазик ја нарекуваат темата.\nВо продолжение дадените конвенции за именување претставуваат водилки за создавањето и именувањето на страници. Ова се ''конвенции'', а не стриктни закони изгравирани во камен. Како што Викиизвор расте и се менува, некои конвенции кои порано имале смисла, сега се несоодветни. Секогаш кога ќе се сомневате, следете ја конвенцијата.\n1.1 Општи конвенции\n1.1.1 Останатите зборови со мала буква\nНе ги ставајте вторите и последователните зборови во еден наслов со голема буква, освен ако станува збор за лична именка. На пример, правилно е ако станува збор за име и презиме на лице, како Џон Вејн. Правилно е Видео игра, а не Видео Игри или пак, правилно е Рубикова коцка, а неправилно е Рубикова Коцка.\nПри определувањето на зборовите кои се пишуваат со голема буква или мала буква, следете го правописот на македонскиот јазик, од кој поважните правила се:\n*Членот или честицата во туѓите имиња се пишува со мала буква: ''Лудвиг ван Бетовен'', ''Леонардо да Винчи'', ''Фердинанд де Сосир''. Кога членот или честицата доаѓаат во почетокот, то ест кога стојат само со презимето, се пишуваат со голема буква: ''Да Винчи'', ''Де Сосир''.\n****\n1.2 Специфични конвенции\n2 Воведниот дел на статијата\nВоведната секција или воведот на една статија претставува најпочетниот текст, с до првото подглавие. Воведот служи како запознавање со статијата подолу и како краток, независен заклучок на најважните аспекти на темата на статијата.\nВоведот треба да стои независен како концизен преглед на статијата, треба да создаде контекст, да ги сумира најважните поенти, да објасни зошто темата е важна или значајна и кратко да ги објасни нејзините поважни контроверзности, ако постојат такви. Тежиштето дадено на материјалот во воведниот дел на груб начин да ја рефлектира својата важност кон темата преку веродостојни, публикувани извори. Иако треба да се земе во предвид дека воведниот дел би требало да го заинтересира читателот за повеќе од статијата, тој не смее да го „задева“ читателот преку навестување, но не и објаснување на важни факти кои ќе се појават понатаму во статијата. Воведот треба да содржи до четири параграфа, треба да е внимателно покриен со извори онаму каде што има потреба од тоа и да биде напишан во чист, достапен стил кој подготвува за читањето на целата статија.\nСодржината на статијата, ако е прикажана, се појавува по воведната секција и пред првото подглавие.\n2.1 Форматирање на воведот\n2.1.1 Задебелен почеток\nСтатиите обично почнуваат со името на статијата напишано со задебелени букви, а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за Алберт Ајнштајн започнува вака:\n::Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век...\nДруга Викиизвор конвенција е да се ''закосат'' имињата ако се однесуваат на наслов на книга, филм, албум или компјутерска/видео игра. Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на книга или филм, се користи ''задебелен и закосен текст''. На пример, статијата за 2001: Вселенска Одисеја (филм) започнува вака:\n::''2001: Вселенска Одисеја'' (2001: A Space Odyssey) е научно-фантастичен филм од 1968 година режиран од Стенли Кјубрик, кој заедно со Артур Ч. Кларк е и автор на сценариото.\nНајчесто се препорачува имињата на трудови (на пример, научна статија), подглавија (на пр. во книга), песни или телевизиски епизоди да бидат споменати во „наводници“ наместо да видат ''закосени''. Притоа, внимавајте да ги корисите македонските наводници („“), кои се разликуваат од англиските (\"\"). Ако првото споменување за темата на статијата е наслов на едно од горенаведените работи, се користи „задебелен текст во наводници“. На пример:\n::„Кој кого набљудува?“ е името на последната епизода од првата сезона на американската телевизиска серија ''Вовед во анатомија''.\n2.1.2 Секции и содржина\nИако воведниот дел се смета за секција, нема подглавие на секција, подглавието „Вовед“ или „Почетен дел“ или било што во тој контекст не треба да се додава на почетокот на статијата. Кога е прикажана, опционалната табела со содржината се појавува меѓу воведната секција и меѓу подглавието на првата секција од статијата.\n2.2 Содржина на воведот\n2.2.1 Основан контекст\nПрвиот параграф треба точно да ја определи темата на читателот. Треба да го формира контекстот за тоа во која област се смета статијата, преку придодавање на неколку околности и факти. На пример:\n::''Аберација (астрологија)'': „Во астрологијата, aберација претставува привидна промена на набљудуваното небесно тело поради движењето на земјината топка....“ или,\n::''Аберација (биологија)'': „Во биологијата, аберација претставува отстапување од нормите што се типични за некој вид....“\nАко има потреба дадете го локацискиот и временскиот контекст. Исто така, создадете граници на контексот на статијата, на пример статија од типот „''Листа на проблеми на животната средина''“ има контекст кој се однесува само врз ефектите од човековата активност. Треба да се претпостави дека читателите на статијата не се запознаени со тоа што би бил контексто, а оние на кои тоа им е веќе познато да можат само лесно да го прелистат мaтеријалот со кој се запознаени.\nКога статијата има наслов од типот на „Листа на...“, повторувањето на насловот во првиот ред општо треба да се избенува во полза на овозможување на читателите со корисни информации за контекстот на листата.\nНајдобро е да се користат што е помалку врски пред болдираниот наслов, за да се оневозможи оптеретување на читателот. Првиот параграф треба да започне со декларативна и директна реченица. Идеално, првата реченица треба веднаш да му овозможи на читателот кој знае се за темата на статијата одговор на прашањата 'Што е тоа?', 'Кој е тој/таа?' и 'Зошто е ова значајно?'.\n2.2.2 Овозможете пристапен преглед\nВоведната секција треба кратко да ги сумира најважните точки од статијата на таков начин што овозможува таа да стои како независна концизна верзија на статијата. Овде е многу поважно да биде текстот попристапен во споредба со другиот дел од статијата. Треба да се има во предвид создавање на интерес за читање на целата статија.\nОпшто, специјализираната терминологија треба да биде одбегнувана во воведот. Онаму каде што несекојдневни термини се есенцијални за објаснување на темата, треба да бидат поставени во контекст, кратко дефинирани и со викиврски. Темата треба да биде поставена во контекст кој повеќето читатели би го нашле како познат. На пример, наместо да ја давате географската широчина и должина на некое градче, подобро е да истакнете дека тоа е предградие на тој и тој поголем град, или можеби дека дава услуги за фармите на таа и таа област. Читателите не треба да бидат фрлени во средината на темата со првиот збор; треба лесно да се наведат кон неа.", "subject": ["Викиизвор:Помош"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%82", "word_count": 1175, "cyrillic": 0.997}
{"id": "2519", "title": "Правилник за археолошките истражувања (МАНД)", "text": "ПРАВИЛНИК ЗА АРХЕОЛОШКИТЕ\nИСТРАЖУВАЊА\n:::::Скопје, јули 2005 год.\n:::::ПРАВИЛНИК ЗА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\n:::::НАЦРТ ПЛАН НА\n:::::ПОДЗАКОНСКИОТ АКТ ПРЕДВИДЕН СО\n:::::ЗАКОНОТ ЗА ЗАшТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО\n1 ВОВЕД\nАрхеолошките локалитети како збир на материјални споменици на културата, поединечни објекти, односно целини, од предпоставен но неизвесен капацитет, и просторен, хронолошки и културен дијапазон со потекло во непознат пред- или историски период, поседуваат право на сопствен цивилизациски интегритет. Како такви тие мора да бидат заштитени од случајни или заинтересирани намерници, поединци, правни лица и политички институции. Нивното право на сопствена историска и културна специфичност денес е потврдена со серија национални и меѓународни законски норми и конвенции. Со оглед на објективно деструктивниот карактер на методите на археолошки истражувања, односно дефиницијата на едно археолошко ископување како единствен неповторлив експеримент (П. Баркер, 1998, 12-13), неопходно е археолошките локалитети да бидат соодветно заштитени и од стручните лица, односно нивните потенцијално штетни дејства од намерен или ненамерен карактер.\nЦел на Правилникот за вршење на археолошки истражувања е дефинирање и нормирање на правата и обврските на стручните лица при изведбата на археолошките истражувања со што треба да се обезбеди објективна истражување и обработка на археолошките локалитети, соодветна документација на истражувачкиот процес, проценка и презентација на податоците надвор од секакви лични или политички интереси. Оттука основниот пристап во обидот за унапредување на археолошките истражувања од сегашен аспект е создавање на услови за максимална професионализација на институциите и извршителите, примена на пропишаната методологија и опрема за вршење на дејноста, изработка на нужната документација, условите на депонирање, понатамошна обработка и презентација на стекнатите предмети и податоци. Со тоа ќе се стесни просторот и минимизираат можностите за корумпирање од аспект на етичките и морални норми на личноста на археологот.\nПредложениот нацрт-план на подзаконскиот акт е изведен во согласност со Препораката на УНЕСЦО од 1956 г. археолошките истражувања да се усогласат со напредокот во техниката и методологијата на археолошки ископувања, и развитокот на сознанијата дефинирани со оваа стручна и научна дисциплина, и да го подигнат стручното ниво на извршителите на истражувачките проекти од широкиот спектар на сознанија “од се по нешто” до “се за едно нешто,” квалификатив на моменталната состојба кај нас. (чл. 9)\n2 ДЕФИНИЦИИ И ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 1 Правилникот за археолошки истражувања представува правно кодификуван акт кој ги третира сите поединечни подолу наведени поими директно поврзани со процесот на археолошки истражувања, како есенцијален систематизиран методолошки истражувачки принцип кој обезбедува стекнување на поединечните видови на движно и недвижно културно наследство И нивно спознавање.\nУсловите на вршење на археолошки истражувања представени во предложениот нацрт-план, како и обрасците, видот, содржината и начинот на водење на документацијата за истражувањата, ги пропишува Министерот за култура, според чл. 64 од Законот за заштита на културното наследство.\nчл. 2 Правилникот за археолошки истражувања има за цел:\n- Да ја зголеми општата примена на мерките за заштита и да го намали ризикот од археолошки ископувања како потенцијално деструктивен методолошки принцип;\n- Да ги дополни, прошири и осовремени методолошките норми и принципи на археолошките истражувања и сродните мултидисциплинарни зафати;\n- Да ги дефинира општите услови за вршење на археолошки ископувања;\n- Да го заштити археолошкото наследство со поставање на правила за решавање или минимизирање на проблемите при археолошките ископувања и процедура за нивно процесуирање;\n- Да ги прецизира должностите и обврските на истражувачот и екипата;\n- Да ги унапреди методите и опремата применливи при археолошките ископувања зависно од напредокот на техничките средства и да го поттикне интересот за нивно користење;\n- Да обезбеди темелност и целокупност на посебните видови документација на археолошки материјал на повеќе нивои на откривање и заштита;\n- Да поттикне интерес и овозможи пошироки услови за обработка, осознавање и интерпретација на археолошките предмети;\n- Да го поттикне и услови објавување на резултатите од археолошките истражувања;\n- Да го заштити авторството преку гаранции за тајност до целосно објавување на материјалот според законските норми;\n- Да ажурира дневно информирање за археолошките новости како информации од јавен интерес.\nчл. 3 Археологија е наука која систематски и со помош на сопствена методологија ги истражува материјалните остатоци на древниот човек со цел стекнување на што покомплетна слика за древните култури и општества, со финална цел за реконструкција на различноста на правците на животот. Таа детално го проучува развојниот тек на културите и нивните шеми на промена во обид да ги дефинира причините и ефектите на културниот процес. (М. Јоукоњскѕ, 1986, 2)\nчл. 4 Под поимот археолошки истражувања се подразбираат сите видови на ископувања и истражувања применливи од страна на археолошката методологија, кои се стремат кон откривање на предмети и податоци по пат на археолошки и други комплементарни истражувања и соодветна методологија, дефинирани и верификувани со Законот за заштита на културно наследство.\nЦел на истражувањата представува интерпретативна реконструкција на взаемната поврзаност на човековото однесување и природната околина преку следење на курсот на човекови активности констатирани низ траги, неговата култура и однесување во целата негова комплексност отчитана врз подлогата на природната околина. (М. Јоукоњскѕ, 1986, 2)\nчл. 5 Поимот археолошки локалитет подразбира топографски пункт дефиниран со предпоставен или востановен движен и/или недвижен археолошки материјал, лоциран врз или под површината на земјата, или под вода.\nАрхеолошкиот локалитет може да содржи поединечен или комплекс на објекти поставени во единствена структурна целина или културен хоризонт.\nАрхеолошките локалитети во зависност од историската перспектива нудат можности за опсервација во глобален контекст, што подразбира организираност во сложени целини - регион, подрачје, зона, резерват, или во локален контекст - локалитет, сектор, објект.\nФаворизирањето на принципите на современата методологија на археолошки истражувања овозможува нивно ставање во функција со цел за продлабочено истражување на археолошкиот потенцијал со акцент на специјализирани тесно насочени проучувања.\nчл. 6 Одредбите од овој подзаконски акт се однесуваат на сите остатоци откриени по археолошки пат чие проучување, документација, чување и презентација представуваат јавен интерес од генерален аспект на македонската и светската цивилизација и култура, и поединечен аспект на историја, уметност или култура, или на комплементарните стручни дисциплини со историски претекст: геологија, географија, топографија, картографија, физичка антропологија, епиграфија, нумизматика итн.\nчл. 7 Секој топографски пункт на кој се констатирани археолошки остатоци, а на кој се планира градба од стопански, комуникациски, енергетски или др. вид и значење мора да биде подложено на целосни археолошки истражувања. Дури со завршување на истражувањата може да се пријде кон експлоатација на земјиштето за други цели.\nчл. 8 Основниот критериум кој во минатото го определуваше јавниот интерес на археолошките податоци дефиниран со принципот на старост до еден определен датум се напушта, а принципот на припадност кон една одредена епоха и откривање по пат на археолошка методологија е задржан како основен критериум за дефинирање на вредноста на археолошката целина и интересот за изведување археолошки истражувања.\n(Дефиниции изведени според препораката донесена на Генералната конференција на УНЕСЦО во 1956 г., чл. 1-3, В. Бргулјан 1985, 75-76)\nчл. 9 Цел на археолошките истражувања е целосно откривање, детерминирање, документирање и проучување на движното и недвижното културно наследство, и нивна конзервација, реставрација, презентација и ревитализација, како и можна трансформација во виртуелна стварност, во зависност од видот и категоријата кон кои тие припаѓаат.\nПоединечните видови на културно наследство директно или индиректно засегнати од овој Правилник се дефинирани со членовите 13-26 Законот за заштита на културно наследство.\nчл. 10 Право на учество и раководење со теренски археолошки истражувања на територијата на Р. Македонија има секој активен квалификуван археолог кој поседува Лиценца за вршење соодветен вид на истражување и чие барање за истражување не се коси со одредбите за доделување на Дозволата за археолошки истражувања, како и на останатите одредби формулирани во Правилникот.\nСпецифичните видови истражувачка методологија, подолу детално опсервирани, заради нивната посебност условуваат соодветно нормирање на Лиценцата за археолошки истражувања, посебно опсервирано во Правилникот за лиценци. Сличен третман имаат и незастапените истражувачки дисциплини на територијата на Р. Македонија, кои неопходно бараат нивно вклучување во истражувачките процеси по пат на претходно теренско и теоретско дообразување низ работен процесс.\nРелациите на археологот истражувач носител на Дозволата и стручните институции, и неговите должности и обврски, се прецизно регулирани подолу во текстот.\nчл. 11 Обврска на секој археолог поединечно и на Управата за културно наследство е да настојува и стимулира унапредување на мултидисциплинарниот карактер на археолошките истражувања со воведување на нови современи пристапи во истражувањата, како и дополнителни географски, геолошки и природонаучни истражувања, или попрецизно: хидрографски, педолошки, климатолошки, палео- ботанички, зоолошки и антрополошки проучувања.\nчл. 12 Се сугерира формирање на Совет за археолошки истражувања на територија на Р. Македонија кој ќе врши конципирање на годишната и повеќегодишна истражувачка програма во согласност со годишните истражувачки програми, финансирани од Министерството за култура, домашни и странски спонзорства, и нивно усогласување со Националната програма за култура; како и утврдување на приоритетите во археолошките истражувања кои директно ќе влијаат и ќе го условуваат развојот на археологијата на национално ниво.\nчл. 13 Како фундаментална инстанца која треба да ги формулира дејствата и обврските во текот на целокупниот истражувачки процес, Правилникот има за цел посредно да овозможи и да го услови профилирањето на ликот на археологот како високо морална и етичка личност со бонитет да извршува доверлива функција во откривањето и спроведување на целокупниот третман на националното Културно наследство, и да го презентира пред очите на домашната и страна јавност.\n3 УСЛОВИ ЗА ВРшЕЊЕ НА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\n3.1 1 УСЛОВИ И ОБВРСКИ ПРИ ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА\nчл. 14 Правото на водење археолошки истражувања, пропозициите и условите за издавање, односно доделување на Дозвола за археолошки истражувања, како и обврските на носителот се дефинирани со чл. 55, 56, 58, 59 Оддел 2.1., од Законот за заштита на културното наследство.\nСо Дозволата, аналогно на чл. 55 од Законот за заштита на културното наследство, се определува нејзиниот носител (раководителот на истражувањата); подрачјето на кое ќе се вршат археолошките истражувања со прецизно дефиниран локалитет, зона, сектор и/или објект; примена на истражувачка методологија; правец, вид и обем на работите, време и услови под кои тие можат да се извршуваат, како и членовите на стручната екипа.\nчл. 15 Носителот на Дозволата е прецизно определен со чл. 56 од Законот за заштита на културното наследство, според кој основен предуслов за издавање е поседување Лиценца за археолошки истражувања.\nДозволата се издава на квалификуван активен археолог - раководител, со статус на овластен истражувач, кој нуди сериозни стручни и морално-етички гаранции за спроведување на истражувачкиот процес во целост и неопходно познавање на третманот на откриените материјални предмети и податоци.\nОбразецот на Дозволата неопходно ги содржи обврските на истражувачот за време и по завршувањето на истражувањата.\nОбврска на носителот на Дозволата е да ја информира установата на чија територија ќе се изведуваат истражувањата за предстојните работи, обем и капацитет. Се препорачува во тек на истражувачкиот процес да се ангажира кадар од оваа установа во колку таков постои во институцијата.\nУстановата на чија територија се изведуваат истражувањата има право да поднесе Приговор до Управата за непочитување на правилата пропишани со Правилникот за археолошки истражувања (методологија, третман на материјалот или локалитетот, документација).\nчл. 16 Дозвола се издава на поднесени:\n1. Програма за археолошко истражување;\n2. Попис на опрема според предложениот вид истражување;\n3. Финансиска конструкција за предстојните истражувања и потврда за обезбедени финансиски средства;\n4. Состав на стручната екипа што ќе ги изведува истражувањата со наведена стручна спрема и искуство поединечно за секој учесник, како и должности и обврски за секој поединец.\nФинансиските средства треба во целост да ги покријат предвидените зафати при теренските работи, како и при кабинетската обработка на наодите и податоците, на движните наоди до ниво на препарација и по потреба конзервација како можност за остварување целосна документација, како и неопходни конзерваторски анализи кои би придонеле за покомплетно согледување на опсервираната материјална и духовна култура. Тие исто така треба да ги покријат и трошоците на мултидисциплинарните проучувања и соработката со конзерваторската екипа задолжена за недвижните наоди во последната фаза на истражувања.\nСите поединечно представени и образложени услови се бодуваат со систем на бодови кој има пандан во системот на бодување на поднесеното Известување од археолошките истражувања.\nчл. 17 Основен документ според кој се вреднува истражувачкиот проект представува Програмата за ископување и истражување. Програмата содржи:\n- текстуален дел - дефиниција на локалитетот и методолошкиот вид на истражување; аспекти (вид, карактер и обем на работите) и цели на истражувањето со прецизирана стратегија; термин на истражување; претходни сознанија;\n- технички дел - планови и карти со положба на локалитетот и дефиниран простор за истражување (ситуационен план со изохипси во размер М=1:200)\n- прелиминарна теренска фото-документација.\nчл. 18 Програмата за рекогносцирање содржи прецизно дефиниран обем на теренска проспекција втемелена врз постоечки аудио-визуелни и пишани податоци од понов и постар датум, односно историска литература и извори, познавање на материјал итн.; официјални информации за административните граници на регионот, територијата, општината, населбата; картографија; користење на резултати од интердисциплинарни студии; консултирање на локални познавачи на теренот, познати колекции на предмети, топономастички студии, орална традиција итн.\nКако членови на екипа се ангажираат или консултираат лица од разнородна професионална структура: историја, етнологија, и археолози ангажирани во обработката на разнородни пред- или историски периоди.\nМултидисциплинарните истражувања неопходно вклучуваат стручни лица од областа на природните науки: геологија, педологија/климатологија, ботаника, биологија, со или без префиксот палео.\nчл. 19 Програмата за сондажно ископување и ископување воопшто обединува дел од пропозициите предвидени за теренските рекогносцирања, особено во делот на оправданост на спроведување, ги образложува причините за отварање на сонди/ровови и врската со природната околина и соседните локалитети.\nчл. 20 Програмата за систематско ископување и истражување неопходно треба да изрази продлабочено познавање на предходните сознанија и проблеми карактеристични за локалитетот предложен за ископување; предвидената методологија и вклучување на соодветно остручен кадар; поседување на план и стратегија на ископување; проценка на можни и очекувани резултати од ископувањето; образложение за значењето на ископувањето и придобивките од него, евентуално решавање на културно-историски или археолошки проблеми и можности за придонесување кон натамошниот развој на археологијата со акцент на мултидисциплинарните истражувања и користа од нив.\nчл. 21 Со оглед на тековниот тренд во светската археологија зависно од деструктивниот карактер на археолошките истражувања, како и потребата од спроведување на прецизна топографска документација на целокупната територија на Р. Македонија, приоритет во доделувањето на проекти имаат недеструктивните методи на истражување со примена на геофизички и геомагнетни методи, како и други хемиските и физички аналитички методи.\nОбразложение: Тие треба да обезбедат поширока контрола на територијата во смисол на правна и физичка заштита, формирање на досиеа за заштита на локалитети кои не можат ведаш да се истражат, заштита на површини на кои им се заканува модерна изградба, стопирање на илегалните ископувања.\nчл. 22 Можноста за привремено запирање на истражувањата и одземање на Дозволата е дефинирана со чл. 60 од Законот за заштита на културното наследство. Условите се одблизу прецизирани во делот на Надзорот.\n3.2 УПОТРЕБА НА ОПРЕМА ЗА ПРЕЦИЗНА ТОПОГРАФСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА\nУВОД Со цел за осовременување и унапредување на системот на археолошки истражувања и за посоодветен третман на добиените податоци, а заради постигнување компатибилност со тековните светски трендови се препорачуваат следните одредби за глобална документација на теренот како основен предуслов за спроведување на археолошки истражувања.\nИтноста од спроведување на иновациите во рамките на оваа постапка резултира од моменталната состојба и ниво на кое се наоѓа македонската археологија, наједноставно дефинирана како исклучително традиционална, карактеристична за првата половина на ЏЏ век. Поради високите цени на чинење на опремата неопходна за спроведување на препорачаната теренска документација, се сугерира нејзино организирано спроведување на генерално ниво, координарно од страна на една централна институција, Управата за заштита на културното наследство.\nчл. 23 Основен предуслов за спроведување на археолошки истражувања од било кој вид на територијата на Р. Македонија е детално топографско дигитализирано снимање на целата територија, односно на археолошки опсервираните поединечни области. Дигитално просторно снимање се води според методите на ГИС и ГПС системите, и електронски мерења со теодолит.\nОвој предуслов важи пред се за површинската проспекција на теренот и дефинирање на положбата на археолошките локалитети, внесување на откриените комплекси во генералната топографска карта, како и регистрирање на поединечни објекти.\nОбразложение: Причините за неопходност од спроведување на вакво снимање се во лошата и проблематична лоцираност на познатите археолошки локалитети, обработени и целосно представени во Археолошката карта на Р Македонија, 2, и потешкотиите кои произлегуваат при обидот за нивно повторно пронаоѓање и идентификување на теренот. Со обѕир на тековниот процес на дигитализирано снимање на територијата на Р. Македонија, предвиден за финализација до средината на 2010 г., како и процесот на обука на кадри за канцелариска и теренска работа, се препорачува итно воспоставување на соработка со изведувачите на овој проект и Државниот завод за геодетски работи.\nчл. 24 Обезбедувањето предуслови за дигитална документација подразбира обезбедување кабинетски услови и соодветна опрема на теренот и во институциите за обработка на информатичките податоците, односно формирање на Централна дата-база.\nчл. 25 Институциите во чија надлежност се наоѓаат одредени археолошки локалитети се обврзуваат преку годишните програми систематски И во континуитет да спроведат изработка на унифицирана квадратна мрежа на прецизно определените локалитети со цел стандардизација и унапредување на општата методологија на археолошки истражувања и нивната документација. Овој услов произлегува од есенцијалниот карактер на деталното топографско снимање како основен документарен сѕстем, неодвоив дел и предуслов за изведба на археолошки истражувања.\nОбразложение: Прецизното дигитализирано снимање пред се се однесува на локалитети од повисока категорија - урбани или населбински јадра, некрополи, верски објекти - каде досега не била поставена единствена квадратна мрежа (на пр. Хераклеја Линкестис) со што архитектонските споменици имаат несоодветен третман во техничката документација.\nчл. 26 До комплетно спроведување на иновациите во временски период од 5 години за делумна примена на детално топографско снимање на селектирани подрачја, и 10 години за целосна примена на современата опрема и методологија за топографско документирање на територијата на Р. Македонија, истражувањата на теренот треба да се вршат со обврзна употреба на стандардните мануелни средства за топографско снимање.\nОбразложение: Прецизната топографска документација на одреден археолошки локалитет или објект представува светски нормирано фундаментално помагало за творење на утврдена документарна дата-база целосно интегрирана во системот на документација на движното и недвижното културно наследство, која треба овозможи успешно работење во сегашноста и иднината.\nЗаради исполнување на овие предуслови се наметнува потребата од обврзување на Управата за заштита на културното наследство, односно Министерството за култура, во најкраток можен рок да обезбеди еден електронски теодолит за отпочнување на процесот на дигитална топографска документација на археолошките локалитети со што овој процес систематски треба да биде изведуван на целата територија на Р. Македонија, со приоритет на големите археолошки локалитети. Со неговата апликација и стандардизацијата на топографската документација, македонската институциите од областа на археологија ќе се приклучат кон современите светски трендови во археологијата.\n4 ДЕФИНИРАЊЕ И КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 27 Според обемот и методологијата археолошките истражувања се дефинирани во четири основни видови на истражувања: рекогносцирање, сондажно и систематско површинско/надземно истражување, и подводно истражување, со подеднаква важност, услови на примена и застапеност во годишните програми за работа.\n4.1 АРХЕОЛОшКО РЕКОГНОСЦИРАЊЕ И МЕТОДИ НА ТЕРЕНСКА ПРОСПЕКЦИЈА И ДЕТЕКЦИЈА\nчл. 29 Методот на археолошко рекогносцирање, односно теренска проспекција, представува прелиминарна организирана акција за осознавање и површинско документирање на местоположбата и востановување на основните параметри на недвижното и движно археолошко културно наследство во контекст на поставеност во природната околина.\nРекогносцирањето во основа представува гранка на топографско инженерство кое со помош на математичка пресметка, геометрија и тригонометрија конвертира линии, форми и фигури од природата во математички фигури. Таа овозможува точно определување на формата, големината и позициите на рељефот со систем на мерни правила и процедури.\nМерењата се спроведуваат со примена на традиционални методи и опрема, и современа електронска технологија. Неопходно е сите археолози да ги познаваат и користат традиционалните методи на премер со цел нивна примена во тек на теренското работење.\nТака дефинирано рекогносцирањето како комплексна активност представува дел од воведната процедура во пристапот кон секој неистражен археолошки локалитет на кој се планира ископување или друг вид на археолошко истражување, но во ограничен обем и интегрален дел на секој друг процес инкорпориран во теренските археолошки истражувања.\nчл. 30 Како видови на теренска проспекција се разликуваат:\n- рекогносцирање (?) (ланд сурвеѕ) кое треба да обезбеди дефинирање на позициите и соодветно планирање на истражувањата на одреден локалитет;\n- топографска проспекција со детален премер на природни и вештачки појави во рељефот;\n- премер кој се изведува во тек на археолошки ископувања со цел на поставање на откриените објекти и појави во единствена документарна слика на истражуваниот простор.\nДруги прецизно определени видови на проспекција тематски фокусирани или спроведувани во вид на посебно осмислени пристапи се:\n- хидрографска проспекција фокусирана на дефинирање на хиролошките потенцијали;\n- проспекција на рудници со цел премер на рудничка експлоатација во минатото, на тунели, геолошки депозити, потенцијали и применети методи;\n- геолошка проспекција;\n- фотограметриска проспекција базирана врз база на аеро-фотографија, и преглед и премер на земјата; итн.\nчл. 31 Цели на археолошката теренска проспекција представуваат:\n- просторно дефинирање на локацијата на определен археолошки локалитет;\n- востановување на границите на локалитетот;\n- комплетно топографско снимање на пошироката територија на локалитетот со востановување на дополнителни специфични карактеристики;\n- премер и поставање на квадратна мрежа на локалитетот;\n- изведување опис на топографските карактеристики на опсервираниот терен;\n- лоцирање на дополнителни локации со концентрација на одреден вид материјал;\n- картирање на сите појави кои го карактеризираат конкретниот простор, како од аспект на движно и недвижно културно наследство, така и од природонаучен аспект (геологија, педологија, климатологија, ботаника, зоологија, итн.)\nчл. 32 Рекогносцирањето поседува неколку методолошки определени пристапи при премерот на просторот, кои меѓусебно не се исклучуваат, и кои зависно од примената треба да бидат застапени во документацијата:\n- линеарен премер на терен - премер на должини и правци во серија на поврзани прави линии;\n- премер по пат на триангулација - базирана на геометриските правила на збирот на аглите во триаголникот;\n- и радиално мерење на просторот од фиксна централна точка.\nчл. 33 Предмет на посебна регулатива во овој вид пристап кон археолошките локалитети представува примената на електронската технологија како дополнување на мануелната традиционална методологија, која како интегрален методолошки пристап овозможува прецизно топографско снимање на поголеми просторни ареали со цел востановување целокупна покриеност на одредена територија по пат на истражувања и дефинирање на востановена мрежа на локалитети со предпоставен културно-историски потенцијал.\nВо состав на рекогносцирањата влегуваат и геомагнентните снимања на теренот.\nКористењето на снимки од претходни авионски и особено сателитски снимања на теренот во рамките на овој процес битно придонесуваат кон востановување на егзактна слика на распореденост на археолошките локалитети во просторот и нивна зависност од природните промени.\nВаквиот пристап треба да обезбеди стекнување исцрпен увид во културната историја на територијата низ сите пред- и историски епохи со можност за натамошно фокусирано детално истражување на поединечни локалитети или региони според другите методи на археолошки истражувања.\nчл. 35 Цел на системски организираните археолошки рекогносцирања со користење на современа методологија е формирање на Централна дата-база за комплетните површински документирани податоци на целата територија на Р. Македонија.\nчл. 36 Централната дата-база како предуслов за системско водење на прецизни теренски рекогносцирања има постоење на кабинет за раководење со рекогносцирањата, составена од:\n- компјутерски центар (РККомп)\n- центар за картографија (РККарт)\n- центар за документација (РКДок)\n- архива/депо (РКАрхива)\nчл. 37 Со теренската проспекција раководи едно лице овластено со Лиценца и уште најмалку две до три лица обучени за спроведување на системот на премер и документација. Екипите треба да се мултидисциплинарни и во нивниот состав да влегуваат и стручни лица од други природонаучни дисциплини оспосовени за спроведување на површинска анализа на земјиштето врз основ на земени примероци за натамошно природонаучно, физичко и хемиско истражување.\nВо финалната фаза на пребарување на теренот учествуваат побројни екипи за систематско прочешлување на снимениот простор, кои треба да ги констатираат и документираат позициите на сите површински видливи остатоци.\nчл. 38 Аналогно на сите други групи движен археолошки материјал и материјалот добиен со рекогносцирање се документира, обработува и депонира.\nчл. 39 Обработката на теренските податоци подразбира топографско и фото-граметриско снимање на теренот од повеќе аспекти, изработка на планиметрија на локалитетот, картирање на движните археолошки предмети и податоци, како и на востановено отсуство на податоци, зонирање на истраженото подрачје, односно негова можна секторска поделба, фотографирање и техничко документирање на детали.\nчл. 41 Локацијата на површинскиот движен и недвижен археолошки материјал констатиран при теренската проспекција и неговата концентрација неопходно се евидентираат и документираат, индивидуално и во контекст, според ГПС, со цел за понатамошна поделба и обработка на поединечни топографски условени сектори на теренот.\nчл. 42 Констатираните објекти карактеристични за старо и средно камено време (пештера/подкапина) вклучуваат и обработка и документација на самите објекти. По утврдувањето на нивната културна виталност се вршат снимања, мерење на отворот на пештерата/подкапината, на платото пред неа, и на внатрешната основа и профил заедно со сите канали и сали.\nчл. 43 По завршувањето на рекогносцирањата истражувачот е обврзан да го влучи рекогносцираниот локалитет со сите стекнати податоци во утврдената топографска карта на Р. Македонија и соодветно да го обележи.\n4.2 СОНДАжНО АРХЕОЛОшКО ИСТРАжУВАЊЕ\nчл. 44 Методот на сондажно археолошко истражување представува организирана акција за осознавање и документирање на културната стратиграфија на еден археолошки локалитет со примена на длабински сонди според стандардизираната методологија.\nчл. 45 Спроведувањето на сондажно археолошко истражување подразбира претходна изведба на рекогносцирање на околниот терен според погоре утврдените стандарди.\nПредуслов за отпочнување со систематски археолошки истражувања представува детално снимање на површинскиот рељеф на локалитетот во размер 1:500, при што еквидистанцијата на изохипсите да биде 5 или помала од 5 метри.\nСе препорачува топографско снимање со тотална станица во крупен размер 1:100 или 1:50 со еквидистанција на изохипсите 0,5-1 м заради прелиминарно воочување на контурите на објектите под површината.\nчл. 46 Акумулиран талог како последица на човековото живеење И активност, И различностите во низата констатирани земјени талози кои се јавуваат во вертикална пореденост како резултат на разликите во човековото живеење во различни временски периоди се дефинирани како стратуми. Стратумите меѓусебно се диференцираат со разлики во текстурата (различна големина на земјениот гранулат), состав (типови на органски И неоргански содржини), боја, дебелина на слојот И содржина на културни археолошки содржини.\nОдтука проучувањето на стратумите и посебните слоеви и нивои на живеење на еден археолошки локалитет, нивната меѓусебна поврзаност и условеност, и дефинирањето на археолошката секвенца или поредок во кој тие настанале заедно со пропратниот материјал ја определуваат стратиграфијата како основна дисциплина во проучувањето на еден археолошки локалитет. Таа неопходно произлегува како резултат на археолошкото сондажно или систематско ископување и представува основна дефиниција и резултат на овој процесс, па одтука е неизоставен составен дел од секое Известување.\nчл. 47 Сондажното археолошко истражување според својот карактер може да припаѓа на следните основни типови:\n- Прелиминарно/пробно истражување - се изведува во услови на иницијално осознавање на одреден археолошки локалитет;\n- Контролно или ревизионо истражување - се изведува во услови на ревидирање на податоците од претходно извршени археолошки истражувања на истиот локалитет со цел на дополнување или нивна проверка;\n- Заштитно, односно интервентно истражување - се изведува во услови на постоечко непосредно уништување (обемни конструктивни работи) или оштетување на одредена зона или познат археолошки локалитет (по пат на природен одрон, несакано физичко оштетување, или илегално археолошко ископување), а со цел утврдување на стратиграфија или постоење на дефиниран објект.\nчл. 48 Сондажното археолошко истражување има за цел прелиминарно да ги констатира сите или поголем дел од промените кои влијаат на формирањето на еден археолошки локалитет, па одтука поседува претпоставка за констатирање на евентуална потреба од систематски истражувања, и како такво претходи на овој вид археолошки истражувања. Оттука, изведените сондажни истражувања се предуслов за изведба на систематски археолошки истражувања.\nПоради потенцијалното постоење на разновидни податоци карактеристични за односниот локалитет, кои битно влијаеле на неговото формирање, раководителот е должен на ниво на соработка во својот истражувачки тим да вклучи и стручни лица од други потесни специјалности како геолози, микро и макро ботаничари и зоолози, климатолози итн. Податоците собрани и анализирани во вид на комплементарни компаративни проучувања треба да придонесат за формирање појасна слика за социоекономскиот живот на населението во определениот период и условите за негово одвивање.\nчл. 49 Основните формати на планирани сондажни ископи дефинирани со правилна геометриска форма, квадрат или правоаголник, ориентационо поставени според страните на светот заради потенцијално вклопување во рамките на квадратна мрежа на теренот И усогласивост со евентуални натамошни систематски истражувања, но и заради комплементарност со геодетските и други снимања на теренот, се застапени со:\n- сонда - ископ широка најмалку 2 м и сразмерна должина зависно од потребите,\n- ров - ископ широк најмалку 1 метар и должина во зависност од потребите.\nчл. 50 Сондажното како и систематското ископување има за цел по пат на механички откопи да утврди постоење на определена стратиграфска секвенца, притоа да издвои движен материјал и примероци за анализа, сите констатирани појави да ги внесе во вид на технички цртеж на план и во хоризонтален пресек, пропратено од соодветна фото документација.\nчл. 51 Со оглед на деструктивниот аспект на археолошките ископувања тие представуваат неповторлив истражувачки процесс што овозможува увид во историјата на формирање на локалитетот, чие основно мерило е прецизно дефинираната стратиграфија, а не исклучиво откриениот материјал. Одтука таа представува неопходен основен сегмент во реконструкцијата на секвенцата на историски условени настани на самиот локалитет.\n4.3 СИСТЕМАТСКО АРХЕОЛОшКО ИСТРАжУВАЊЕ\nчл. 52 Систематското археолошко истражување представува организирана активност од големи размери на комплексни археолошки локалитети или поединечни објекти.\nТоа има тенденција на континуирана изведба во рамки на повеќегодишни истражувачки кампањи, проследени со соодветен процес на организација и екипираност во зависност од обемот на истражувањата. Системот на обврзувачки акти кои ги дефинираат овие ископувања и нивното континуално изведување се прецизирани во системот на известувања за работите.\nСистематските археолошки истражувања следат по претходна изведба на теренска проспекција и неопходни сондажни истражувања.\nчл. 53 Цел на систематските археолошки истражувања е комплетно и продлабочено осознавање и документирање на податоци, движни и недвижни материјални остатоци со цел реконструкција на застапената култура/и во контекст на нејзината природна лоцираност. Методолошки систематските истражувања ги овоплотуваат методите и принципите представени како составен дел на сондажните ископувања, но во поголем обем и со прецизно дефинирани цели.\nПо дефиниција резултатите од систематските археолошки истражувања треба да ги исполнат целите и принципите на археологијата и нејзината методологија.\nчл. 54 Според чл. 55 став 3 од Законот за заштита на културното наследство Дозвола за истражување на еден (1) археолошки локалитет се издава само на еден носител. Оваа законска одредница се ограничува со претходно утврдениот процесс на зонирање или секторско разграничување особено на позначајните локалитети од голем обем. Секторското разграничување се изведува според топографските карактеристики на теренот и видливите остатоци. Со тоа се спречува монополизирање на правото на ископување на определен археолошки локалитет и се овозможува паралелно работење на повеќе екипи едновремено.\nчл. 55 По исклучок ископувањата во пештера (палеолит, мезолит, итн.) иако систематски по вид, односно по принцип на долгорочност на планирани ископувања, практично се изведуваат во вид на сондажни ископувања.\nчл. 56 Основна теренска обврска чие изготвување претходи на отпочнувањето на систематските археолошки истражувања представува проектирање и маркирање на Стандардна Македонска Археолошка Мрежа (СМАМ) на самиот локалитет. СМАМ е прецизно дефинирана со следните основни елементи:\n- Формат на квадратот (КВ) со димензии 10х10 м се нумерира со римски броеви, а неговите агли со броевите 1-4 (1,2,3,4) во правец на движење на сказалките на часовникот почнувајќи од југозападниот агол преку северозападниот-североисточниот до југоисточниот агол;\n- Квадратот има внатрешна поделба на четири (4) подквадрати со димензии 5х5 м кои се одбележуваат во зависност од аголот на квадратот кон кој гравитираат, на пример КВ ЏЏИИИ-1;\n- Ориентацијата на СМАМ е во однос на страните на светот, односно правецот на азимутот (аголот од правецот кон север /0°/ до правецот на оската х) на вертикалната оска на квадратот х да изнесува 45°;\n- СМАМ ја проектира исклучиво професионално лице, дипломиран геодет, со помош на тотална станица и со подршка на три (3) точно познати или претходно определени геодетски точки (репери);\n- СМАМ мора да биде маркирана на теренот со метални колци или бетонски столпчиња;\n- по исклучок при работа во пештера или друг затворен простор една геодетски утврдена точка/кота се маркира на сводот на пештерата/градбата или проминентен страничен блок. Одредувањето на главната кота го врши геолог, односно градежен инженер или архитект;\n- Специфичните ископувања во пештера/подкапина исто така се изведуваат врз основа на СМАМ, но во алтернативен помал размер на квадрати со димензии 2х2 м со обѕир на ограниченоста и неправилноста на истражуваниот простор. Квадратната мрежа се постава во однос на централната оска на објектот.\n- СМАМ поседува бројна вредност на квадратите кои ја покриваат целокупната површина на локалитетот.\nчл. 57 Принцип на отварање на квадратите според СМАМ при отпочнување со ископувањата, освен во колку остатоците не се површински јасно видливи, е со отварање на два (2) прелиминарни археолошки ровови долж две соседни страници на квадратот.\nФорматот на ископите е 1х9 м, со контролен профил на контактниот агол од 1 м².\nчл. 58 Се препорачува утврдување на ивичните граници на истражуваниот простор со вградување на талпи, со што се исклучува можноста од обрушување на профилите во тек на долготрајните ископувања.\nИсто така се препорачува маркирање на катактеристичните појави во профилот со етикети.\nчл. 59 Истражувачките кампањи на систематските археолошки истражувања се плански организирани и тематски фокусирани со ангажман на соодветен стручен кадар задолжен според предзнаење за водење секторски, сондажни, тематски, поединечни истражувања од мултидисциплинарен карактер, или истражувања на поединечни објекти.\nЗависно од составот и ангажманот на екипата, секој поединечен член поднесува соодветно Известување.\nчл. 60 Систематските археолошки истражувања се конципирани во циклуси од по три години во редослед.\n4.4 ПОДВОДНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 61 Подводните археолошки истражувања подразбираат откривање на локалитети со архитектонски остатоци или поединечни објекти, движни и недвижни, кои се наоѓаат под вода - море, езеро, река.\nВо принцип овие истражувања се систематски со можност за парцијално спроведување на принципот.\nСондажните подводни истражувања се од мали димензии и се од контролен карактер, па затоа ја немаат вредноста на посебен методолошки вид.\nчл. 62 Со подводно археолошко истражување може да раководи единствено дипломиран археолог/историчар на уметност обучен за изведба на подводни археолошки истражувања и носител на диплома/сертификат за нуркање.\nТој/таа треба да биде носител на Лиценца за археолошки истражувања на што дополнително се издава Лиценца за подводни археолошки истражувања.\nПрифатливи сертификати за нуркање се оние кои ги издаваат меѓународните школи за нуркање: ПАДИ, ЦМАС, СЦСИ. Сертификатот се обновува со број на часови поминати под вода, во зависност од што се утврдува и стручноста на археологот.\nчл. 63 Екипата за подводни истражувања ја предводи раководител на истражувањето квалификуван според погоре посочените неопходни стандарди, а учествуваат уште најмалку пет (5) членови.\nДел од членовите на екипата, најмалку двајца (2), треба да бидат стручни лица, археолози/историчари на уметност, носители на диплома/сертификат за нуркање. Остручувањето на стручните лица се стекнува според теренското искуство во сувоземната археологија и времето поминато под вода.\nПомошен дел од екипата представуваат нуркачи без стручна квалификација, носители на сертификати за нуркање според меѓународните стандарди, со кои раководителот на проектот воспоставува контакт и договор во зависност од потребите на истражувањето.\nчл. 64 При истражување на крајбрежниот појас, особено на сувоземниот дел, се спроведуваат стандардните методи на археолошко истражување се додека тоа условите го дозволуваат. Неговото завршување е предуслов за одобрување на истражувачки според методологија на подводна археологија\nчл. 65 Основната методологија на подводните истражувања вклучува поставање квадратна мрежа со помош на триангулација и фиксни пирамиди.\nчл. 66 Основен вид на подводно археолошко истражување е рекогносцирањето.\nДобиените податоци од рекогносцирање на одреден регион, со нивна интерпретација и вреднување на локалитетите во поширок регионален контекст според стандардните сознанија за конкретниот пред- или историски период, се предуслов за конкурирање со проект за систематски подводни истражувања.\nчл. 67 Проект за систематски истражувања се доделува врз база на претходно изведените припреми и рекогносцирања, а врз основа на квалитетот на поднесениот елаборат.\nОпрема\nчл. 68 Стандардната лична нуркачка опрема ја сочинуваат: одело, маска, шнорхел (цевка за дишење), пераи, боца со регулатори за воздух (прв и втор степен), манометар, нож, нуркачки елек.\nСекој член на екипата поседува сопствена нуркачка облека и друга опрема за чие одржување се грижи самостојно. Дел од опремата, како боцата за воздух и тн. може по потреба и да се изнајмува.\nТрошоците на снабдување на опремата и нејзиното одржување паѓаат на сметка на истражувачките проекти.\nчл. 69 Дополнителната техничка опрема ја сочинуваат: компресор, сплав, чамец, водна црпка;\nопрема за цртање: пластична табла и графитен молив;\nопрема за подводно обележување: цевки, маркери во боја, фиксни квадратни мрежи мрежи за цртање, ГПС.\nПо можност во личната опрема треба да влезат подводен компјутер-козола или поединечните елементи кои таа ги содржи: рачен часовник, длабинометар, компас, манометар.\nчл. 70 Опремата за фотодокументација ја сочинуваат: подводен фото-апарат и камера.\n5 ПОСЕБНИ КАТЕГОРИИ И ТИПОВИ НА АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 71 Според карактерот на причинителите археолошките истражувања тие се дефинираат во две основни категории на ревизиони и ургентни, при што вторите се диференцираат во два основни типа на истражувања: заштитни и интервентни.\n5.1 РЕВИЗИОНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 72 Ревизионите истражувања се изведуваат на познати археолошки локалитети кои веќе биле предмет на стручна обработка, а за кои резултати постои основана теориски документирана претпоставка базирана врз основа на стандардни проучувања дека се нецелосни, непрецизни или неточни.\nчл. 73 Ревизионите истражувања вклучуваат т.н. реамбулирање на теренот односно споредба и усогласување на постоечката топографска документација со реалната состојба на теренот и нејзино дополнување со податоци изработени според современите документарни методи. Тие подеднакво се однесуваат на сите видови археолошки истражувања: рекогносцирања, сондажни и систематски истражувања.\nчл. 74 Ревизионите проспекциони истражувања се фокусираат пред се на пошироки простори, одн. географски дефинирани региони, со цел да продуцираат комплетна слика за археолошките содржини, нивниот квалитет, хронолошко потекло, распоред на теренот, притоа во целост применувајќи ги методите и стандардите на современата теренска проспекција.\nЗависно од тоа нивната изведба е обврзана со соодветна техничка опременост и екипираност со стручни лица специјализирани за разни комплементарни истражувања аналогно на рекогносцирањата.\nчл. 75 Ревизионите сондажни истражувања се надоврзуваат на претходните сондажни истражувања, констатирајќи го нивото на првобитна истраженост, со распореденост на сондите во нивна непосредна близина и на други локации според согледувањата на раководителот на истражувањата и екипата.\nчл. 76 Ревизионите систематски истражувања имаат за цел да го проверат опсегот на претходните истражувања во смисол на стратиграфска изцрпеност, како и на изцрпеност по обем на истражен простор. Тие дополнително можат да се фокусираат на необработени објекти и простори кои прецизно ги истражуваат и документираат.\nчл. 77 Аналогно на основните видови истражувања и ревизионите истражувања се обврзани со прибирање на движен материјал и негово документирање, како и на недвижниот, внесувајќи ги сите новодобиени или корегирани податоци во основната документација.\n5.2 ЗАшТИТНИ И ИНТЕРВЕНТНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 78 Како посебна категорија археолошки истражувања дефинирана со ургентност на изведба се утврдуваат заштитните и интервентните истражувања. Тие се однесуваат на културното наследство на кое му се заканува опасност од оштетување од антропоген, сеизмички, климатски или друг карактер, често проузрочени од недозволени или дозволени градежни активности кои се закануваат со уништување или посериозно нарушување на интегритетот на локалитетот, причинители утврдени со чл. 32 како \"Културно наследство во опасност\" во Законот за заштита на културното наследство.\nчл. 79 Изведбата на заштитните и интервентните истражувања подлегнува на истите методолошки прописи како и другите видови археолошки истражувања, но се изведуваат со претходно обезбедени средства и предложени генерални услови, кои во зависност од потребите на истражувачкиот процес и ургентноста од него се подложни на промени во корист на локалитетот.\nЕдинствената отстапка е во смисол на приоритет во однос на другите истражувања при изготвување на годишните програми или при реализацијата по констатирање на непосредна или конкретно утврдена (докажана) опасност (претходно дефинирана со посочениот член) особено кај категоријата на интервентни археолошки истражувања.\nЗа прецизно дефинирање на третман и примена на соодветна регулатива неопходно е прецизна дистинкција на овие два типа истражување.\nИнтервентни археолошки истражувања\nчл. 80 Под поимот интервентни археолошки истражувања се сметаат истражувања на локалитети или објект/и директно изложени на акутна опасност од пропаѓање/уништување, дефинирана со чл. 32 како \"Културно наследство во опасност\" во Законот за заштита на културното наследство.\nИнтервентните истражувања делумно се поклопуваат со т.н. Договорни истражувања (Цонтрацт арцхаеологѕ) според англосаксонската и светската археолошка методологија и легислатива (М. Јоукоњскѕ, 1980, 5), односно тип на проект утврден со договор во кој е дефинирано дека инвеститорот градител мора да финансира истражување на археолошки локалитет откриен во тек на градежните дејности на теренот.\nИнтервентните истражувања се предимно од помал обем, се изведуваат заради итност и превенција од натамошно оштетување и уништување, а со цел дефинирање на состојбата на теренот. Како такви тие претходат на посистематска заштита на локалитетот според правилата и стандардите пропишани за заштитните ископувања, во колку се процени дека е тоа неопходно.\nИстата постапка се спроведува и во случај на идентификација на случајни откритија предвидени со чл. 66 од Законот за заштита на културното наследство.\nЗаштитни археолошки истражувања\nчл. 81 Под поимот заштитни археолошки истражувања се сметаат истражувања фокусирани врз локалитети или објект/и континуирано изложени на опасност од пропаѓање и уништување според чл. 32 од Законот за заштита на културното наследство. Потребата од нивно спроведување стратешки се определува како дел од предвидената годишна програма предвидена од страна на Управата за заштита на културното наследство.\nчл. 82 Потребата од спроведување на било кој од овие два типа истражување ја утврдува Комисија, која веднаш по добиеното известување за загрозеност на определен локалитет излегува на терен за да ја констатира состојбата. Таа го утврдува обемот на неопходни теренски работи, карактерот на заштитни или интервентни истражувања, стратегијата на работите, формат и бројност на екипите, нужните средства итн.\nчл. 83 Изведбата на интервентните истражувања се определува ад хоц со цел веднаш да се превземат соодветни акции на терен. Работата се доверува на активен археолог, еден како раководител на целиот проект, или повеќемина за симултана работа на повеќе сектори во колку во прашање се археолошки остатоци од повеќе периоди, со експертски познавања на конкретната проблематика застапена на односниот локалитет. Организацијата на проектот е според погоре утврдените стандарди, кон кои секој од изведувачите нужно се придржува и е задолжен со стандардниот методолошки пристап, документација и Известување.\nчл. 84 Изведбата на заштитните истражувања со предложените услови на предлог на Комисијата се става на увид пред стручната јавност преку конкурс пред отпочнувањето на истражувачките работи во траење од најмалку еден (1) месец (31 ден). Конкурсот трае најмалку десет (10) дена со период од седум (7) дена за избор на најквалитетниот конкурент со обврзно поседување на Лиценца за тој вид на истражување, со соодветно познавање и искуство на културниот период кој се третира. За резултатите на конкурсот се известува секој пријавен учесник на конкурсот во рок од најмалку 3 дена, и тоа по писмен и усмен пат, со можност на поднесување на жалба во рок од десет дена по дваесетиот ден од отварањето на конкурсот. По изминувањето на триесетиот ден од отварањето, на триесет-и-првиот ден се утврдува конечниот избор на екипата која ќе ги изведува заштитните или интервентните истражувања и консеквентно се врши известувањето.\n5.3 КОНЗЕРВАТОРСКИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 85 Категоријата конзерваторски археолошки истражувања, условно дефинирани како заштитни, односно истражувања кои претходат на процесот на конзервација, се брише.\nКонзерваторските истражувања како форма на Непосредна заштита дефинирана во Оддел 4 чл. 82-91 од Законот за заштита на културното наследство се однесуваат стриктно на активности директно сврзани со истражувањата и процесот на конзервација (во смисол на пример на дефинирање на состав на малтери итн.), наменети на натамошната заштита на соодветниот споменик, а не се однесуваат на археолошкиот истражувачки процес и не ја засегаат соодветната стандардна истражувачка методологија.\nОбразложение: Со спроведувањето на овој член се брише контрадикторноста во досегашното поимање и практикување на археолошките истражувања, прифатено од поранешната Југословенска легислатива, и двојството на поимот Цонсерватион арцхаеологѕ застапен во светската археолошка методологија.\nКонзервационата археологија терминолошки подразбира заштитна археолошка дејност од широк спектар кој го покрива управувањето со културните потенцијали во еден поширок регион, ги констатира и заштитува рамнотежата на природната околина и културниот потенцијал, настојувајќи да го сочува природниот баланс на овие два аспекта во корист на заштитата на природната околина (М. Јоукоњскѕ, 1980, 4). Така дефинирана таа делумно го покрива поимот Културен предел, застапен како посебна категорија во современата правна регулатива на заштита на Културното наследство. Одтука овој термин не е применлив во наши услови и на овој начин, а самата проблематика и потреба од археолошки истражувања како претходница на процесот на конзервација пред се на архитектонските објекти се решава по пат и со средства на стандардна археолошка методологија. Оваа корелација е дополнително прецизирана со утврдување на односите и континуитетот меѓу археолошките истражувања и процесот на конзервација.\nчл. 86 Археологот истражувач, носител на Дозволата за археолошки истражувања, според чл. 59 став 1-3 од Законот за заштита на културното наследство е задолжен со грижа за недвижното наследство во тек на изведувањето на работите.\nАрхеологот извршител на истражувачки проект вклучително врз недвижно културно наследство треба да влијае на воспоставување континуитет меѓу археолошките и конзерваторските работи на теренот и во лабораториски услови, со цел за координирана и последователна изведба.\nВаквото ангажирање ќе влијае на спречување од пропаѓање на откриените објекти како последица на евентуално пролонгирање на конзерваторските работи, особено на архтектонски објекти, како и евентуална погрешна конзерваторска процедура условена од можно неразбирање на археолошките податоци од страна на Конзерваторот.\nСоработката се воспоставува меѓу поединци или институции кои раководат со истражувачкиот односно конзерваторскиот процес.\nИзборот на соработници се врши според потврдена стручност на поединецот и зависно од потребите на конкретниот споменик утврдени со претходните археолошки истражувања.\nчл. 87 Археолошка истражувачка активност која треба да претходи на конзерваторски проект врз архитектонски објект истражен во поодамнешното минато, особено во услови на непостоечка документација, се спроведува според основните начела на ревизионо и систематско археолошко истражување, и подлегнува на предвидената стандардна регулатива на истражувачкиот процес.\nчл. 88 Обврска на археологот-истражувач е да изврши целосна обработка на археолошкиот објект на теренот. Се препорачува блиска соработка со конзерваторот кој треба да ја превземе понатамошната грижа и заштита на објектот, по пат на негово вклучување во тековните теренски работи во последните фази на археолошка обработка. Трошоците од соработката во оваа фаза паѓаат на терет на археолошкиот истражувачки проект.\nчл. 89 Одлуките за конзервација треба да се базираат и соодветствуваат на стручните заклучоци донесени во тек на археолошките и конзерваторските истражувања. Елаборатот за конзервација обврзно се става на увид и чека потврда со потпис од страна на археологот раководител на истражувањата. Потенцијалните несогласувања меѓу двете стручни лица мора да бидат усогласени пред отпочнување на процесот на конзервација.\nчл. 90 Решенијата за презентација на одредена фаза од постоењето на конкретен археолошки објект, реконструкцијата на подните решенија и моделите за нивна презентација се донесуваат со согласност на двете страни.\nРеконструкција на подно ниво се прави единствено врз целосно истражен простор до здравица.\nчл. 91 Во колку конзерваторското истражување резултира со отварање на нова археолошка целина тоа обврзно треба да биде третирано низ дополнително археолошко истражување. За ваквиот развој на случувања археологот-истражувач носител на дозволата за истражување мора да биде усно и писмено известен.\nАрхеологот-истражувач е должен да ја превземе понатамошната истражувачка работа на теренот, или во случај на отсуство, зафатеност, или во колку целината припаѓа на друг културен период од оној со кој археологот се занимава, но со претходен директен договор, тој назначува заменик кој ќе ја превземе натамошната истражувачка работа и за што тој поднесува посебно Известување. Трошоците од соработката во оваа фаза, како и повремените посети на археологот во тек на процеот на конзервација паѓаат на терет на конзерваторскиот проект.\nАрхеологот истражувач треба да биде детално информиран за текот и резултатите од дополнителните археолошки истражувања, како и за конзерваторските, и да му бидат предадени документацијата, Известувањето и материјалот од овие истражувања по нивното завршување за натамошно интегрално представување и депонирање.\nчл. 92 Конзервацијата и конзерваторското истражување може да го изведува само конзерватор кој поседува Лиценца за конзервација на објекти од видот на кој истражуваниот објект припаѓа.\nчл. 93 Археологот истражувач, носител на Дозволата за археолошки истражувања, според чл. 59 став 4 од Законот за заштита на културното наследство освен грижата за недвижното наследство во текот на изведувањето на работите е исто така задолжен да врши и организира вршење на конзерваторски работи на движните наоди.\nТој е должен да организира чистење и препарација на предметите, да го спречи нивното евентуално пропаѓање во случај на појава на предмети од органска природа, а во колу има на располагање лабораторија за конзервација да спроведе и дел од основниот конзерваторски процес.\nФинансиските средства треба во целост да ги покријат предвидените зафати при теренските работи, како и при кабинетската обработка на наодите и податоците, на движните наоди до ниво на препарација и по потреба конзервација како можност за остварување целосна документација, како и неопходни конзерваторски анализи кои би придонеле за покомплетно согледување на опсервираната материјална и духовна култура.\nТие исто така треба да ги покријат и трошоците на мултидисциплинарните проучувања и соработката со конзерваторската екипа задолжена за недвижните наоди во последната фаза на истражувања.\nЗависно од процесот на работи, обработката и препарацијата на антрополошкиот материјал паѓа на терет на одговорниот антрополог; препарацијата и конзервацијата на нумизматичкиот материјал како основа за спроведување на документацијата ја спроведува одговорниот нумизматичар; препарацијата на епиграфскиот материјал е одговорност на епиграфичарот.\nГенерално, во однос на најдоминантниот керамички материјал истражувачот е должен да спроведе заштита до ниво на препарација со која се овозможува идентификација и документација на материјалот. Истото важи и за другите движни наоди: стакло, коска итн. Во колку истражувачот смета за потребно тој може да посредува во спроведувањето на интегралниот процес на конзервација и реставрација на движниот материјал. Во спротивно одговорноста за него е во надлежност на музејската институција на која материјалот ќе и биде доделен на грижа и чување.\n6 АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА СО МЕѓУНАРОДНО УчЕСТВО\nчл. 94 Можноста за изведба на археолошки истражувања со меѓународно учество се дефинирани со член 57 од Законот за заштита на културното наследство.\nПонудите за изведба на археолошки истражувања од страна на странски научни установи и одделни работници доставени до Управата за заштита на културното наследство или Министерството за култура се ставаат на јавен конкурс пред стручната јавност.\nИсклучок представува конкретното обраќање на одредена странска установа или поединец до поединец археолог или институција од Р. Македонија. Ваквата соработка треба да ги задоволува принципите пропишани со правилата за археолошки истражувања со меѓународно учество според Законот за заштита на културното наследство. Во колку тие не се запазени Управата има право да предложи соодветно решение за предложената соработка во согласност со подзаконскиот акт.\nчл. 95 Партнер во изведбата на странски истражувачки проект со одредена странска стручна или научна установа може да биде единствено Национална установа од областа на културата. Во колку македонскиот партнер-поединец е приватно правно или лице кое е вработено во регионална установа, неопходно е воспоставување соработка со претставник од Националната установа која ќе биде назначена за носител на соработката.\nчл. 96 Соработката меѓу странскиот понудувач и националниот соработник подразбира соработка меѓу раководни лица со идентичен или сроден степен на образование и искуство, односно на Доктори на науки по археологија од двете страни, или во колку носител со таква титула не е достапен Доктор на науки и археолог со советничко звање кое се смета комплементарно со претходното според активната правна регулатива во Р. Македонија.\nСе препорачува избегнување на ангажирање на ко-директорско ниво од формални причини за задоволување на потребата од спроведување на проектот, туку единствено на ниво на полна и рамноправна соработка.\nКо-директорот од македонска страна има обврска при изведбата на проектот да вклучи одреден број помлади соработници на сите нивои на археолошките ископувања И истражувања со цел стекнување на сопствено искуство.\nчл. 97 Археолошките истражувања треба да бидат проследени со комплетна документација според стандардите регулирани со овој Правилник, а по договор и на копија од евентуална поинаква документација која странскиот истражувач би ја изготвувал во текот на работите за сопствени цели и според стандарди на земјата и институцијата од која доаѓа, вклучувајќи ги периодичните и финалните известувања.\nчл. 98 Условите на соработката треба да бидат проследени со Договор за соработка склучен меѓу двете страни.\nчл. 99 Приоритет при склучувањето на соработка со странски институции И поединци треба да представуваат недеструктивните површинските истражувања со вклучување на современа методологија и користење на техничка опрема. Ова пред се се однесува на локалитети кои досега не биле истражувани.\nчл. 100При склучувањето на договори за работа на локалитети со подолга историја на археолошки ископувања, особено на оние со долгорочна програма, исто така во одредена фаза се препорачува да вклучат пошироки регионални истражувања со цел определување на поширокиот социјален контекст на самиот локалитет.\nчл. 101Договорната страна се обврзува за целосно згрижување на движното и недвижното културно наследство, вклучително и целосна конзервација на предметите и објектите, што треба да се прецизира со склучувањето на Договорот за соработка.\nВоедно и објектите и инфраструктурата кои биле користени во тек на соработката треба да се остават во употреблива состојба и без долгови.\nчл. 102Договорот вклучува обврзна припрема на детални годишни Известувања и публикација за истражувањето која треба да уследи во период од 1-3 години по зваршувањето на проектот. Во изработката на публикацијата треба да учествуваат сите соработници кои учествувале во изведбата на археолошките истражувања. Сите услови за користење на опрема, документација, евиденција, обработка итн. Се идентични како и за националните истражувачки проекти.\nчл. 103Статусот на самостојна археолошка мисија која по исклучок и под посебни околности може да и се додели на странска научна или стручна установа од областа на археологијата или на меѓународна организација од областа на заштитата и дозволата за самостојно извадување на археолошки истражувања, исто така се дефинира со договор меѓу странската институција и Управата за културно наследство.\nчл. 104Во работата на мисијата со конкретен професионален ангажман треба да бидат вклучени и представници од Македонија, некои во зависност од професионалниот интерес континуирано, или периодично заради стекнување на сопствени искуства. Трошоците за нивниот ангажман треба да паѓаат на терет на Мисијата.\nчл. 105Договорот за работа на странската самостојна археолошка мисија треба да е во корелација со виталната меѓународна правна регулатива која неопходно подразбира изработка на комплетна документација за ископувањата и дополнителните мултидисциплинарни истражувања, документација и обработка на наодите, поднесување на редовни известувања, конзерваторски третман на движните и недвижни археолошки споменици, како и редовни 1-3 годишни публикации во периодичната литературе и посебни монографски изданија.\n7 КОМПЛЕМЕНТАРНИ МУЛТИДИСЦИПЛИНАРНИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 106 Основни комплементарни истражувања кои се изведуваат интегрално со археолошките теренски и кабинетски истражувања секогаш кога постои соодветен движен материјал од конкретниот вид дефиниран со поимот културно наследство, се: нумизматика и епиграфика.\nАнтропологијата исто така представува вид на комплементарно на археологијата истражување, неделиво од комплексот содржини поврзани со човековото постоење. Иако материјалот кој таа го проучува не спаѓа во категоријата културно наследство, таа продуцира систем на податоци кои директно го дефинираат човековиот биолошки идентитет, начин на живеење и култура, и како таква представува есенцијална дисциплина во обработката на податоци и материјални наоди стекнати при археолошките истражување; одтука таа подлежи на истата регулатива како и претходните две дисциплини.\nчл. 107 Предпоставениот систем на водење централизирана евиденција за овие три специфични професионални дисциплини директно сврзани со археолошките истражувања, но карактеристични по својата различност, е базиран врз потребата за нивно институционализирање и стандардизирање на начинот и процесот на работење, како и водење на соодветна документација и евиденција.\nОдтука Основната евиденција според видот на добрата ја водат јавните музејски установи во кои се чува материјалот, додека Матичната евиденција според видот на добрата во дејностите за заштита ја водат матичните установи за заштита, односно Музејот на Македонија (чл. 34 став 3-4 од Законот за заштита на културното наследство).\n7.1 НУМИЗМАТИКА\nчл. 108Нумизматичките истражувања ги изведува лице -историчар, класичен филолог, или историчар на уметност и археолог - остручено низ работен процес (потврдено со стручни трудови) и/или со специјализација (постдипломски студии итн.) за проучување на овој вид материјал.\nчл. 109Нумизматичарот го превзема материјалот од археологот со прецизно документирано место на откривање (локалитет, сектор, објект и потесно, стратиграфски слој, кота), како и фотодокументација на наодот при и по неговото откривање. Во соработка со конзерватор се одредува процесот на конзервација соодветно на потребите на материјалот и тој се подложува на процес на чистење и конзервирање, а консекутивно и документирање (техничко и фото), стручна обработка и финална документација. Трошоците на комплетниот процес на обработка, кој по правило се изведува паралелно со теренските истражувања и по тоа, паѓаат на сметка на истражувачкиот проект.\nчл. 110Во колку се работи за монетно депо нумизматичарот, односно конзерваторот, е должен низ хемискиот процес на одвојување и чистење да ја идентификува и да се обиде да ја згрижи и сочува обвивката на депото, особено во колку се работи за органска материја или метал, но и на секоја друга. Во колку се работи за керамички сад, неговата препарација и конзервација ја спроведува археологот заедно со останатиот керамички материјал од теренот.\nчл. 111 Нумизматичарот е должен на археологот да му поднесе основна документација на нумизматичкиот материјал со дел од информациите содржани во Стандардниот нумизматички картон во вид на пописна листа со нумерација карактеристична за локалитетот и конкретниот вид на материјал, во кој се содржани податоците за местото на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота), реден број на Стандардниот нумизматички картон, како и во Централната документација, број и копија од фотодокументацијата.\nчл. 112 Нумизматичарот самостојно изработува комплетна основна документација на монетниот наод содржана во Стандардниот нумизматички картон во дигитализирана форма. Тој има право и обврска самостојно да формулира и спроведе дополнителен истражувачки процес зависно од потенцијалот на монетниот наод, соодветно да го документира и презентира независно од археологот.\nчл. 113 Стандардниот нумизматички документационен картон ги поседува следните податоци:\n- Реден број на наодот спред локалитетот и инвентарен број според Инвентарната книга на музејската куќа во кој монетниот наод се чува\n- Вид: монета, печат, отпечаток\n- Начин на прибавување на предметот (откуп, донација, археолошки ископувања)\n- Име на општината на чија територија е откриен предметот (познато/непознато), место (локалитет, сектор, објект, итн.) и начин на откривање во колку е тоа археолошки наод (поединечен наод/гроб/депо);\n- Реден број според Теренската документација на движен материјал на археолошки локалитет;\n- Датум на стекнување и внесување во основната документација;\n- Карактеристики на маодот: номинала, тип/варијанта;\n- Читање/толкување на аверс и реверс со посебни описи;\n- Утврден историски период;\n- Ковничка емисија: ковница, владетел, време на ковање, дополнителни маркирања\n- Физички карактеристики: метал, дијаметар, тежина, степен на сочуваност;\n- Место на чување на материјалот, изложен/депониран\n- Објавеност, дополнително цитирање во библиографија, референтен тип со библиографска единица;\n- Обработил, внел во документација\n- Фотос: аверс/реверс\n- Забелешки.\nчл. 114Основната евиденција со Стандарден нумизматички картон се надополнува со другите видови музејска документација: Влезна/Излезна и Инвентарна книга.\nчл. 115Заради обемот и бројноста на нумизматичкиот материјал, како и на природата на досегашните истражувања, се наметнува потреба од формирање на Централен (Матичен) нумизматички каталог каде ќе се депонира целокупната документацијата на нумизматичкиот материјал откриен на територијата на Република Македонија, лоцирана во Кабинетот за нумизматика во Музеј на Македонија.\nОбразложение: Како модел за Централен нумизматички каталог се препорачува системот на документација утврден од П. Кос во вид на Единствен нумерички каталог за Римските ковања од Словенија, Љубљана 1988, кој е прифатен како стандарден музејски модел на нумизматичка документација на Меѓународниот конгрес за нумизматика во Париз 1992 г.\nчл.116 Централен нумизматички каталог се води според следниот систем:\n- стандардизиран поредок на Локалитет - наоѓалиште дефинирано со топономастички поим или реден број\nОбразложение: Во Словенија тоа се врши според: Крајевни Лексикон Лјудске републике Словеније, Лјублјана 1954, и Археолоšка најдиščа Словеније, Лјублјана 1975, проследено со име на блиска поголема населба. За жал Археолошката карта на Македонија, том 2, не ја поседува прецизноста на ваков документ кој може да се користи како референтна литература.\n- реден број на монетен наод според каталог на наоди од конкретниот локалитет.\nВертикален редослед:\nА. начин на наоѓање како поединечен наод/гроб/депо на одредено наоѓалиште\nБ. ковање во одреден метал\nЦ. редослед на ковања според владетели-ковања во име на цезари/императори-царски сопруги\nД. Во рамки на групите А-Б-Ц (спред абецеда) време на ковање проследено од нумерички прецизирана референца кон литература\nЕ. Ковниците се поредени според листа на географски подредени локации со правец на простирање од Запад кон Исток\nХоризонтален поредок: реден број, номинал, датирање, ковница, цитирано дело, правец на ковање и специфичности, место на чување\nВИ.2 ЕПИГРАФИКА\nчл.117 Епиграфските истражувања ги изведува лице со примарно образование класичен филолог и/или историчар/историчар на уметност и археолог. Во колу тоа поседува една од алтернативните стручни наобразби неопходна е дополнителна острученост низ работен процес (потврдено со стручни трудови) и/или со специјализација (постдипломски студии итн.) со што се оспособува за проучување на овој вид материјал.\nчл.118 Епиграфичарот го превзема материјалот од археологот со прецизно документирано место и контекст на откривање (локалитет, сектор, објект и потесно, стратиграфски слој, кота), определена локација на план, фото-документација на наодот од повеќе аспекти при и по неговото откривање. По можност епиграфичарот врши увид на терен и приоѓа кон стручна документација на објектот, со изведба на технички цртеж и земање отисок за целосно изчитување. Обработката на техничката документација ја врши во канцелариски услови едновремено со теренските истражувања или потоа. Трошоците на комплетниот процес на обработка кој се изведува паралелно со теренските истражувања паѓаат на сметка на истражувачкиот проект.\nчл. 119Епиграфичарот е должен на археологот да му поднесе основна документација на епиграфскиот материјал во вид на пописна листа со нумерација карактеристична за локалитетот, референца кон примарната листа на наоди и конкретниот вид на објект, во која се содржани податоци за местото на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота), реден број на Стандардниот епиграфички картон, како и референца кон Централната документација, број и копија од фотодокументацијата. Известувањето вклучува и опис, читање на текстот и првична кратка интерпретација.\nчл. 120Епиграфичарот самостојно изработува комплетна основна документација на наодот содржана во Стандардниот епиграфички картон во дигитализирана форма како дел од документарен епиграфички каталог формулиран по место на откривање. Тој има право и обврска самостојно да формулира и спроведе дополнителен истражувачки процес зависно од потенцијалот и потребите на наодот, соодветно да го документира, евентуално да спроведе негова конзервација и да го презентира независно од археологот.\nчл. 121Стандардниот епиграфички документационен картон ги поседува следните податоци:\n- Реден број на наодот според теренска документација и инвентарен број според Инвентарната книга на музејската куќа во кој наодот се чува;\n- Тип на споменик (според класификација на движно културно наследство)\n- Начин на прибавување (откуп, донација, археолошки истражувања)\n- Име на општината на чија територија е откриен предметот, место на пронаоѓање (локалитет, сектор, објект, итн.) и контекст на наодот при откривање во колку е тоа археолошки наод (случаен наод/гроб/сполија);\n- Реден број според Теренската документација на движен материјал на археолошки локалитет;\n- Датум на стекнување и внесување во основната документација;\n- Физички карактеристики: вид материјал, димензии, степен на сочуваност;\n- Опис на наодот, дополнителни обележја;\n- Читање/толкување на текстот со интерпретација;\n- Утврден историски период;\n- Референца кон општа просопографија;\n- Место на чување на материјалот, изложен/депониран;\n- Објавеност, дополнително цитирање во библиографија;\n- Обработил, внел во документација;\n- Фото документација, цртеж, отисок (хартија, латекс) и депонирање;\n- Забелешки.\nчл. 122Селектиран избор од Стандардниот епиграфички документационен картон представува дел од Основната евиденција која влагува во Инвентарната книга како основен елемент на музејската документација надополнетаа со Влезна/Излезна книга. Таа содржи\n- Реден број според Инвентарната книга на музејот каде се чува наодот;\n- Тип на споменик (според класификација на движно културно наследство)\n- Начин на прибавување (откуп, донација, археолошки истражувања)\n- Име на општината на чија територија е откриен предметот, место на пронаоѓање (локалитет, сектор, објект), контекст на наодот при откривање во колку е откриен по пат на археолошки ископувања (случаен наод/гроб/сполија);\n- Датум на стекнување и внесување во Основната евиденција;\n- Физички карактеристики: вид материјал, димензии, степен на сочуваност;\n- Краток опис со дополнителни обележја;\n- Читање на текстот;\n- Утврден историски период;\n- Место на чување на материјалот;\n- Обработил, внел во документација;\n- Фото документација, цртеж, отисок (хартија, латекс) и депонирање;\n- Забелешки.\nчл. 123Заради обемот и бројноста на материјалот, како и историјата на досегашни истражувања, се наметнува потреба од формирање на Централен (Матичен) епиграфички каталог каде ќе се депонира целокупната документација на епиграфички материјал откриен на територијата на Република Македонија, лоцирана на единствено место во Кабинетот за епиграфика во Музеј на Македонија.\nОснова за негово формирање представува Лапидариумот како примарна колекција на археолошки епиграфски наоди формирана на територијата Р. Македонија. Соодветно на нејзиниот капацитет таа овозможува и прибирање на новооткриен епиграфски материјал и натамошно развивање на збирката.\nЗа стандардизирано функционирање на Кабинетот неопходно е формирање на збирка отисоци на епиграфски натписи соодветно депонирани (хартија, латекс, одливи во гипс).\nчл. 124Централен епиграфички каталог се води аналогно на системот предложен за нумизматичкиот Цантрален каталог според следниот систем:\n- стандардизиран поредок на населба и Локалитет-наоѓалиште дефинирано со топономастички поим или реден број\n- реден број на епиграфички наод според теренски каталог на наоди од конкретниот локалитет.\nВертикален редослед:\nА. начин на наоѓање како случаен наод/гроб/сполија\nБ. вид на споменикот (според класификација)\nЦ. атрибуција кон одреден владетел\nД. Во рамки на групите А-Б-Ц (спред абецеда) време на создавање проследено со референца кон литература представена со стандардизирана кратенка и просопографска забелешка\nВИ.3 АНТРОПОЛОГИЈА\nчл. 125 Антрополошките истражувања ги изведува лице - историчар на уметност и археолог и/или медицински факултет - остручено на полето на физичката антропологија со специјализација (постдипломски студии итн.) за проучување на остеолошки материјал, што му овозможува самостојно вршење на дејноста.\nЛице остручено низ работен процес (потврдено со стручни трудови) има можност да работи единствено како соработник препаратор заедно со специјалистот антрополог.\nВо колку лице со специјалистичко образование не постои во земјата препараторот единствено го згрижува, документира и соодветно депонира остеолошкиот и друг материјал, а обработката се врши подоцна по оспособувањето на специјалист или од страна на специјалист од странство.\nчл. 126 Препараторот врши увид на теренот и приоѓа кон стручна документација на материјалот додека е сеуште ин ситу. Со специјална дозвола на антропологот или препараторот материјалот може да го подигне археолошка екипа и да го предаде на антропологот. Од оваа можност се исклучуваат специфичните погребувања. Антропологот го превзема материјалот од археологот со прецизно документирано место на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота, број на гроб), определена локација на план, и фотодокументација на наодот при неговото откривање.\nМиење на материјалот се врши теренски или лабораториски зависно од работните услови, а документацијата, препарацијата и анализата се вршат лабораториски.\nТрошоците на комплетниот процес на обработка и документација, кој по правило се изведува паралелно со теренските истражувања и по тоа, со обѕир на бројноста на материјалот, паѓаат на сметка на истражувачкиот проект.\nДополнителните стручни истражувања се формулираат во вид на посебен истражувачки процес.\nчл. 127 Комплетната документација, опис и интерпретација на нумизматичкиот и епиграфскиот материјал се предаваат на одговорниот археолог во рок од три месеци по приемот на материјалот, или во услови на зголемен обем на работа со одложување во договор на двете страни.\nПо исклучок археологот, во колку смета дека резултатите не се комплетни, може да не ја прими документацијата и да бара нејзино докомплетирање.\nчл. 128Заради обемот и бројноста на антрополошките серии, како и на природата на досегашните истражувања, документацијата на антрополошкиот материјал се депонира во Централна дата-база лоцирана во Кабинетот за антропологија во Музеј на Македонија. По завршување на истражувачкиот процес, во одреден временски период од најмалку три или повеќе месеци зависно од обемот на истражувањата, период определен во договор со археологот, антропологот е должен да поднесе детално известување за резултатите од истражувањето, формулирано според тековните стандарди.\nчл. 129Централната база на податоци од антрополошките истражувања се формира според хронологија и азбучен ред на опсервираните некрополи.\nСтандардната антрополошка документација вклучува: стандарден графички антрополошки записник за евиденција, документација и анализа, и фототека. Таа се надополнува со Музејската евиденција на Музеј на Македонија, која содржи: попис на комплетни скелетни серии, на кранијални серии, и на епигенетски и патолошки појави; таа вклучува и комплетна Евиденција на документација и Евиденција на фото-документација.\nчл. 130Резултатите, археолошки и нумизматички/епиграфички/антрополошки, се објавуваат паралелно од страна на двајцата истражувачи, а археологот има право да информира и презентира дел од Известувањето на соработникот со добивање негова претходна согласност и информирање на јавноста за авторството на резултатите во тек на презентацијата.\nПо објавувањето на основните резултати од нумизматичките/епиграфски-\nте/антрополошките истражувања извршителите се должни да ги вклучат резултатите од извршените истражувања во соодветната Централна дата-база на податоци и Основната евиденција.\n7.2 ДРУГИ КОМПЛЕМЕНТАРНИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 131Составен дел на екипите кои ги вршат истражувањата од сите три вида на сувоземни, како и подводните археолошки истражувања се професионално обучени лица за физички истражувања во областите на геодезија, геологија, минерологија, како и природните науки. Учеството се склучува на ниво на соработка.\nАкцент на мултидисциплинарниот карактер на екипите се става генерално на сите нивои, во зависност од потребите, при определување на природната историја на регионот во кој е лоциран одреден археолошки локалитет, како И застапената култура.\nПосебен нагласок заради временската дистанца се става на праисториските истражувања.\nчл. 132 Геологот е задолжен со дефинирање на географските форми на теренот, настанокот и развојот на природните наслојувања, утврдување на причините на хемиската и физичка ерозија. Предмет на проучување се карпите и минералните формации, лежиштата на глина, итн.\nКако носител на потесна специјалност геологот педолог ги утврдува формата, потеклото на почвите, и нивните подоцнежни промени, со што проучувањето станува комплементарно со она на климатологот.\nКлиматологот ги опсервира температурните варијации, минимални и максимални, количеството на атмосферски талог, сезонските промени, облачноста/сончаноста, еолските влијанија, итн. Палеоклиматологијата се користи за утврдување на хроно-стратиграфските релации, за утврдување на апсолутна хронологија со изотопни методи на датирање со кои се утврдува морфолошката еволуција на организмите, појава и изумирање на разни видови растенија и животни, а во зависност од тоа се утврдува и хронологијата на материјалните остатоци.\nСедиментологот ги опсервира специјалните видови седименти и го толкува нивното настанување и раслојување.\nХидрологот посебно ги опсервира движењата и нивоата на водените маси и нивните траги на теренот.\nчл. 133 Истражувањето на животинскиот свет го спроведуваат палео/зоолози со посебна опсервација на остатоците на дивите и питомите животински видови, односно процесот на доместикација, и на микро и макро остатоците од обата вида и нивна анализа. Скелетниот материјал подлегнува на квалитативна анализа за утврдување на остеометрија и морфологија, како и на квантитативна анализа.\nИстражувањата на растителниот свет ги изведува палео/ботаничар со посебен осврт на водените животни (риби, мекотели, др.), птици и земен животински свет (рбетници и безрбетници) и др.\nИстражувањата се потпираат на утврдување на полот, староста, видовите, начинот на исхрана, патологија, како и нивното присуство во човековата исхрана, начинот на припрема и преработка, итн.\nПосебен сектор представува проучувањето на микро флората - полинологијата и проучувањето на спорите, што придонесува за утврдување на т.н. биостратиграфија (мацерација-лабораториска обработка на препарати, изработка на микроскопски препарати, статистичка обработка и графичко представување на резултатите-поленски дијаграм и интерпретација), како и на макро-флората со посебна применливост на дендрохронологија.\nчл. 134 Освен физичките анализи на материјал се вршат и хемиски анализи.\nчл. 135Основната истражувачка постапка ја определува стручниот соработник во зависност од конкретните потреби на археолошкиот локалитет, односно застапената култура, и во тој обем трошоците за нејзиното спроведување се на сметка на археолошкиот истражувачки проект. Евентуалните дополни И тесно стручни истражувања се на терет на посебната дисциплина.\nчл. 136 Учеството на стручните соработници е за време на теренските работи или последователно, со можност за земање примероци според утврдената стручна регулатива, или со посебно овластување според инструкции и во нивно отсуство.\nИстражувачките резултати се достават во предвидениот законски рок.\nСоработникот поднесува индивидуално Известување за извршената експертиза и резултатите од неа.\nРезултатите се објавуваат паралелно од страна на двајцата истражувачи (раководителот и стручниот соработник), а археологот има право да информира и презентира дел од Известувањето на соработникот со негова претходна согласност и информирање на јавноста за авторството на резултатите.\n8 ОРГАНИЗАЦИЈА НА АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА\n8.1 СОСТАВ И СТРУчНА ЕКИПИРАНОСТ НА АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАчКИ ТИМОВИ\nчл. 137 Со оглед на комплексната структура на археолошки истражувања со нагласена мултидисциплинарност, која се препорачува како основен модел на истражувачките проекти, се наметнува неопходност од комплексни и хиерархиски уредени екипи. Структурата на екипите е во зависност од планираните дејства предвидени во проектниот елаборат.\nчл. 138 Секој методолошки истражувачки вид за оптимално исполнување на потребите на истражувањето подразбира и минимум екипираност, и тоа:\n- за рекогносцирање се неопходни најмалку три лица обучени за спроведување на процесот на теренска документација;\n- за сондажни истражувања се потребни две стручни лица, при што раководителот е носител на Лиценца за сондажни истражувања;\n- за систематски истражувања е потребна покомплексна екипа зависно од осмисленоста и текот на истражувачкиот процес, односно еден раководител, неколку секторски супервизори, фотограф, документатор, теренски документатор-техничар или архитект, препаратор (еден или повеќе). Во колку се работи за истражувања од поголем обем може да се предвиди и место за административен асистент и др.\nчл. 139Зависно од видот на истражувањето и по потреба се вклучува кадар оспособен за површинска документација на теренот - геодет, и спроведување на потребни комплементарни истражувања: геолог/педолог/седиментолог, палео/ботаничар, палео/зоолог, хидролог, климатолог, итн.\nПри истражувањата на пештери (особено при рекогносцирање на палеолитски или мезолитски локалитети) се користат искуства и се соработува со спелеолози, се утврдува постојана соработка со геолог, седиментолог, палеонтолог за микро и макро флора и фауна, палео-антрополог.\n8.2 УПОТРЕБА НА ОПРЕМА ПРИ АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 139Археолошките истражувања вклучуваат употреба на одредена техничка опрема неопходна за изведба на истражувачкиот процес. Еден дел од оваа опрема е од генерален карактер, употреблив при сите видови на археолошки истражувања, додека дел е применлив единствено при конкретните видови на истражувања и во претходно обезбедени услови.\nчл. 140Техничка опрема од генерален карактер:\n1. Инструменти за обезбедување на основни технички информации на теренот:\n-бусола м53 или друга марка, мерна лента (30, 50 м), висок, либела\n-колци, пикети - најмалку 2\n-цртачка табла формат А4 и прибор за пишување\n-мрежи со метална рамка за прецизно цртање (главно на праисториски локалитети и подводни истражувања), мин. дим. 1х1 м со внатрешна поделба\n2. Оптички дигитални и електронски инструменти за алтернативна употреба:\n-нивелир или теодолит, метарска штица\n- електронски теодолит (тотална станица) со лап-топ ПЦ компјутер\n-Дисто електронски/ласерски мерач на дистанца со грешка ± 3 мм\n-ГПС ГеоЕџплорер 3 (или понов модел)\n-Воки-токи мини радио единица со ограничен домет до околу 2 км\n3. Техничката опрема применлива при рекогносцирање на теренот вклучува\n-Инструменти за кабинетска анализа и планирање на експедициите:\n-картографски курвиметар\n-размерник\n-компјутер\n-скенер\n-Диктафон (лента или дигитален фајл-запис/УСБ приклучок) за оформување и собирање на аудио информации\n-Фотодокументациона опрема\n-стандардна фото-камера(леика/6х6цм формат; црно/бел, колор, слајдфилм)\n-дигитална фото-камера (опции:нормална, широкоаголна, макро)\n-дигитална видео камера 8 мм\n-стрелка, фотометар\nчл. 141По исклучок опремата неопходна при изведба на истражувања во пештери вклучува користење на агрегат, продолжен електричен кабел со ситеми за осветлување, сајла, бор-машина со бургии.\nчл. 142За прецизно определување на колоритот на седиментните наслаги неопходна е употреба на картици за седименти според Мунселл системот.\nчл. 143 Непосредниот алат вклучува:\n- ситен алат (шпахтла, метличка, четка, итн.)\n- крупен алат (копач, лопата, мотика, итн.)\n- кофи (пластични, метални)\n- мрежи\n- сита за просевање со отвори 2х1.5\n- торбички за промивање просеан седимент (за палеолит/мезолит)\n- трска за мерење на висината на пештерите\nчл. 144Се препорачува употреба на правосмукалки на терен каде може да се обезбеди снабдување со електрична енергија.\nчл. 145Современата опрема за изведба на археолошки истражувања вклучува користење и на метал-детектори. Условите за употреба на опремата за детекција се регулирани со чл. 63 од Законот за заштита на културното наследство.\nУпотребата на метал детектори во координација со ГПС инструмент (минимум тип ГеоЕџплорер 3, и препорачлива употреба на ГПС Патхфиндер Про ЏР/ЏРС, или серија ГПС 1200)\nКористењето на метал детектори при теренски рекогносцирања и археолошки ископувања се ограничува и регулира со посебна дозвола за употреба.\nчл. 146Опрема и амбалажа за собирање на движниот материјал (дрвени/пластични сандаци, пластични кеси во стандарден формат) со посебен систем на маркирање (општина/село, локалитет, сектор, м²/координати);\n- стерилни садови за депонирање примероци за хемиски анализи.\n9 ВИД И СОДРжИНА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 147Инструментите на заштита се потпираат врз единствен пристап во идентификацијата на културното наследство содржан во интегриран информативен систем со можност за квалитетна споредливост и употребливост на податоците. Овој систем ги обединува податоците содржани во Националната класификација, Заштитната евиденција, Системот на валоризација и ревалоризација, како и Документирањето на културното наследство. Нивното значење е пропишано со Законот за заштита на Културното наследство (чл. 34, 35, 36), а критериумите, условите и начинот на вршење, како и видот содржината, стандардите, нормативите и начинот на документирање на Културното наследство се дополнително пропишани со подзаконски акти - Правилници.\nДокументирањето на културното наследство и на добрата за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно наследство (состојба, промени, процеси на работа) го вршат надлежните јавни установи за заштита, Архивот и други правни и физички лица определени со чл. 36 од Законот за заштита на културното наследство.\nчл. 148Обврската на носителот на дозволата да води уредна документација и евиденција за археолошките истражувања и мерките на заштита што ги превзема, се прецизирани во член 59. 1. 1 од Законот за заштита на културното наследство.\nчл. 149При документирање на појавите на теренот во контекст на секој методолошки вид на истражување неопходна е исцрпност во опсервацијата и документацијата на движниот и недвижниот археолошки материјал од сите пред- и историски епохи, вклучувајќи ги и резултатите на комплементарните на археологијата научни дисциплини со примена на релевантната методологија на истражување, а со акцент на недеструктивните методи на истражување, како на пример: геолошки, педолошки, климатски и други податоци погодни за понатамошна физичка и хемиска анализа.\nчл. 150Археолошките истражувања се обврзани со водење посебен систем на документација, кој се однесува на текот на истражувањата, а кој систем претходи на изработката на Заштитната евиденција. Таа се диференцира во две основни групи: Теренска документација и Документација на предмети добиени по пат на археолошки истражувања.\nРаководителите и членовите на екипите се обврзани да ги исполнат овие барања, секој поединечно според задолженија и во меѓусебна соработка. Нивното исполнување е предуслов за продолжување на истражувачкиот процес.\nОвој документарен корпус се води за секое ископување и ланец на ископувања поединечно, и се нарекува Теренско досие.\nСекој локалитет на кој се вршени археолошки истражувања поседува Книга на теренски истражувачки досијеа која е депонирана во надлежната регионална установа и е инвентарирана во Централната документација.\nчл. 151Основен метод на обележување на документацијата е со наведување на Основен дата-индекс за идентификација на археолошки локалитети испоменици.\nНасловот на локалитетот/споменикот содржан во Основниот дата-индекс е содржан во констатниот попис на регистрирани локалитети според регионална општинска единица, блиска населба-комплекс локалитети, име на локалитет.\nОсновниот дата-индекс содржи:\n- Наслов на споменикот и референца (единствена нумеричка идентификација)\n- Локалитет\n- тип на археолошки локалитет/споменик,\n- Датирање.\nОсновниот дата-индекс е сместен во одреден простор/поле во левиот агол на Обрасците и ја дефинира нивната содржина. Идентичниот број се јавува и кај другите видови и форми на документација (на пр. Техничка документација).\nОбразложение: Сличен систем е претходно цитиран во обележувањето на нумизматичката документација, споредено со Словенија, каде тоа се врши според: Крајевни Лексикон Лјудске републике Словеније, Лјублјана 1954, и Археолоšка најдиščа Словеније, Лјублјана 1975, проследено со име на блиска поголема населба. За жал Археолошката карта на Македонија, том 2, не ја поседува прецизноста на ваков документ кој може да се користи како референтна литература. Таа може да послужи како помагало при подготовката на констатниот попис на регистрирани локалитети.\nчл. 152Секое археолошко истражување е пропратено со редовно водење на документација од дескриптивен, технички и илустративен вид, според стандардизиран обем и методологија, содржано во Теренското досие.\nТаа директно резултатира од спроведената методологија на истражување, реципрочна е на параметрите содржани во поднесените барања за доделување на Дозвола за истражување, и произлегува од фондот на податоци и материјални наоди добиени со истражувањата.\nОсновна документарна единица представува Метричкото ловче. Тоа се разликува со мали одстапувања зависно од употребата: за обележување на профил или депониран предмет.\nМетричкото ливче содржи: име на општина, блиска населба-комплекс локалитети, име на локалитет, сектор/зона/сонда на истражување, вид на истражување, објект или број на гроб, хоризонт кој се истражува и по потреба метрика, наод.\nИнформациите содржани во поединечните видови документација се воединети, односно евидентирани, во стандардизирани формулари - Образци. Поединечните методолошки видови или аспекти на истражување (рекогносцирање, сондажно, систематско и подводно истражување) се исто така проследени со сопствен карактеристичен документационен корпус на податоци и документи/Обрасци, кои до одредено ниво се надоврзуваат на стандардната археолошка документација.\nОбрасците ги содржат Основниот дата-индекс дополнет со податоците содржани во метричкото ливче, специфични податоци карактеристични за видот на образецот и име на документаторот.\nчл. 153Археолошките рекогносцирања според погоре утврдената методологија и принципи на спроведување на дејност подразбираат и соодветна карактеристична документација. Таа треба да содржи:\n- Обележување на рекогносцираниот регион со утврдени локалитети на топографска карта во стандарден размер М 1:25 000\n- Изработка на планиметрија на поширокиот регион кој е предмет на рекогносцирање со сите утврдени локалитети и објекти\n- Изработка на планиметрија на главните утврдени локалитети, со поединечни споредни локалитети од помал обем или површински наоди, и карактеристични објекти во нивната поширока околина, со представени пристапни патишта\n- Изработка на топографски план на локалитет во хоризонтална и вертикална проекција, со внесени географски координати\n- Утврдена зона на простирање на локалитетот со шематски представено зонирање и евентуално хронологија, во колку се констатирани повеќе културни хоризонти проследени со соодветна идентификација и датација\n- Фотодокументација од повеќе аспекти (панорама, карактеристични визури и детали, коцентрации на движен материјал)\n- Собран движен материјал со документирана прецизно утврдена локација на местото на откривање според ГПС или други документациони системи\n- Листа на каталогизирани површински наоди проследени со соодветно маркирање при складирањето, со прецизна идентификација и датирање\n- Стандардно Известување за резултатите од рекогносцирањето до Управата\nчл. 154 Со завршување на рекогносцирањето, поднесување на Известувањето и изработка на Документацијата, како и по публикувањето на резултатите од овие истражувања, обврска на истржувачот е рекогносцираниот локалитет да го вклучи во евиденцијата на археолошките локалитети, односно во централната база на податоци.\nчл. 155Специфичната документацијата карактеристична за сондажните истражувања се состои од прецизни и јасни цртежи и планови на сондите внесени во покрупни ситуациони планови на истражуваниот локалитет и поединечно во размер 1:20, колорирани цртежи на профили со карактеристичен материјал, како и на систематичните откопи и/или хоризонти, проследени со легенда. Техничкиот цртеж има за цел графички да го претстави составот, бојата и текстурата на земјените депозити, нивниот континуален редослед и сите констатирани појави, природни и вештачки интервенции.\nЧитливоста и точноста се неопходни поради задоволување на потребата за документарност. Според останатите карактеристики документацијата од сондажните истражувања е комплементарна со стандардната документација добиена со систематски истражувања.\nчл. 156Стандардниот систем на дневно водена документација од археолошките истражувања содржи:\n- Дескриптивна документација:\n1. Дневник - кој содржи: документација на текот на работите со описи, забелешки, констатации, анализи на состојбата, претпоставки, скици, референци кон обрсци со попишани коти, планови, фотографии, цртежи, инвентарни броеви на карактеристични наоди. Сите забелешки мораат да бидат јасни, уредни и разбирливи. (Дали Дневникот да се води според Образец)\n- Техничка документација:\n1. Нивелмански дневник како збир на образци за дневни висински мерења со прецизно определени висински точки внесени на план (во овнова и профил) проследени со краток опис или забелешка;\n2. Техничка документација - лоцираност на топографска карта М 1:2 500; ситуација според квадратна мрежа М 1:100 или М 1:200; профили и основи за секој блок или сонда М 1:10 или М 1:20; објекти, во зависност од големината М 1:100 или 200 до М1:10-20; пресеци и изгледи во М=1:50; гробови М 1:10 или 1:20\n- Илустративна документација:\n1. Фототека со Фото-дневник - збир на обрасци со евидентирани снимања (објекти и предмети) според класична и дигитална фотографија\n2. Збирка на цртежи и фотографии на движни наоди - М 1:1 или М 1:2\n- Образци:\n1. Образец за рекогносцирање\n2. Образец за сондажно/систематско ископување\n3. Образец за стратиграфски хоризонт\n4. Нивелмански дневник\n5. Листа на техничка документација за локалитет\n6. Листа на техничка документација поединечно по објекти/сонди\n7. Листа на евидентирани снимања со опис на секој кадар, посебно според класична и дигитална фотографија\n8. Листа на движни наоди со податоци за директните околности на наоѓање, идентификација и датација на самиот предмет со краток опис, цртеж и фотографија за поважните предмети\n9. Листа на движни наоди откриени вон контекст и случајни наоди\n10. Гробен записник со попис на гробни наоди за секој поединечен гроб и шема за остеолошки материјал.\n11. Листа на гробни наоди со идентификација и датација според поставеност на гробовите во ист хоризонт, групација, во одредена градба и сл.\n12. Посебни листи на различни видови движни наоди според материјал (керамика, стакло, метал, коска), дополнително обработени и документирани според културен хоризонт\n13. Листа на обработен и документиран остеолошки материјал\n14. Листа на обработен и документиран епиграфски материјал\n15. Листа на обработен и документиран нумизматички материјал\n16. Листа на обработена и документирана архитектонска декоративна пластика\n17. Листа на обработена и документирана градежна керамика\n18. Пописна листа на собран материјал по кеси/кутии\n19. Листа на мерки на заштита врз објекти и предмети, посебно, превземени во тек и по археолошките истражувања (Превентивни теренски заштитни мерки ПЗМ и\nчл. 157Пропишаната низа на документација и пописни листи е обврзна за сите методолошки видови на археолошки истражувања. По потреба таа може да биде дополнета со други специфични видови на документација во зависност од конкретните потреби на материјалот и неговата обработка.\nКабинетската обработка на материјалот подразбира прецизна класификација и типологизација на откриените наоди, кои податоци влегуваат во поединечните видови Заштитна документација.\n10 ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ИЗВРшЕНИ АРХЕОЛОшКИ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 159Раководителот на истражувањата според чл. 59. 3. 1-2 од Законот за заштита на културното наследство е обврзан во рок од три месеци по завршувањето на истражувањата да поднесе до Управата Известување за извршени археолошки истражувања, а во рок од една година да ја предаде финалната документација.\nЗа истражувања кои според Програмата и планот на истражувања траат во континуитет преку целата година Известувањето и Документацијата се предаваат до крајот на календарската година\nчл. 160 Известувањето содржи фактографски и текстуален дел.\nФактографскиот дел содржи:\n- Име и податоци за раководителот на истражувања, назив на надлежната институција\n- Имиња и податоци на членовите на екипата, стручна спрема, превземени одговорности во тек на истражувањата\n- Време на изведба на истражувањата\n- Основен дата-индекс со опис на локалитетот со топографски детали: локација според КП (катастарска парцела), општина, географски координати\n- Применета методологија на истражување,\n- Прилог: техничка и фото документација\n- Податоци за архивирана документација\n- Податоци за депонирање на материјалот и евиденција за депонирање\n- Спецификација за потрошени средства\n-Образложенија за евентуални отстапувања од предвидените позиции при барањето Дозвола.\nТекстуалниот дел од Известувањето треба да содржи:\n-осврт кон претходните истражувања и нивен сооднос со новите истражувања;\n-опис на сите фази на истражување од почетокот до крај, констатирани културни слоеви, аналитички и критички осврти на нивната содржина поткрепено со илустративен материјал (цртежи, техничка документација и фотографии) и референца кон соодветните каталошки листи;\n-приказ на добиени стручни резултати со образложение;\n-потврдена хронологија со образложение;\n-податоци за превземените мерки за заштита на локалитетот по неговото напуштање и предлог мерки за трајна заштита и конзервација на откриените објекти, како и можности за презентација.\nИзвестувањето содржи посебни Известувања од секој поединечен учесник во истражувањето, вклучен на ниво на соработка, зависно од предвидениот ангажман. Тоа ги вклучува и сите образци од 1 до 11, 18 и 19.\nПосебно Известување за користење на помошни средства за детекција и резултатите од нивната примена, со мислење за корисност.\nФиналната документација ја содржи целокупната теренска и предметна документација според погорниот попис, изработена во туш на паус, и листи на обработен и документиран движен материјал (обрасци 11-16).\nчл. 161Приемот на Известувањата од завршените истражувачки проекти ќе го врши Комисија која треба да влијае на запазување на техничките стандарди при изведбата на археолошки истражувања, формата и спознајниот капацитет на поднесените Известувања.\nКомисијата има право до три пати да го врати поднесеното Известување во колку смета дека тоа е некомплетно. Во колку поднесувачот не успее да поднесе задоволувачко Известување според овие стандарди, Комисијата има право да ја одземе Лиценцата за археолошки истражувања.\nКако конечна инстанца се препорачува ангажирање на рацензент, по можност анонимен, кој ќе го верификува приемот на поднесеното известување со соодветна Рецензија во согласност со која Комисијата ќе треба евентуално да превземе одредени рестриктивни или стимулативни активности.\nчл. 162Сите услови поединечно представени и образложени се бодуваат со систем на бодови аналоген на системот за бодување на поднесеното Барање за Дозвола за археолошки истражувања.\n11 ДЕПОНИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛ ОД АРХЕОЛОшКИТЕ ИСТРАжУВАЊА\nчл. 163Оригиналната теренска документација се депонира во претходно посочениот рок во Архивата на Управата. Раководителот на ископувањата има право да задржи копија/фотокопија од документацијата.\nчл. 164 Архивата на Управата која ја превзема документацијата на чување се обврзува на:\n- прецизно инвентарирање на секој пооделен број и вид од приложената документација;\n- уредно депонирање и компјутерско архивирање (скенирање на материјалот);\n- тајност на документацијата во рок од три години во кој термин одговорниот истражувач е должен да го публикува материјалот според чл. 59. 3. 3;\n- тајноста на документацијата се прекинува по изминатиот рок со официјален акт, по кој таа станува достапна на сите заинтересирани страни;\n- Архивот се задолжува со водење евиденција за необјавен материјал и објавување на овие листи во одредени интервали (на пр. на секои 5 години) со цел за стимулирање на истражувачката дејност врз веќе откриен но необјавен материјал;\n- изготвување копии на документацијата за потребите на истржувачот или други заинтересирани лица со прецизно водење евиденција за издадените примероци;\nчл. 165 Одговорниот истражувач има обврска по завршувањето на теренските истражувања и процесот на кабинетско истражување и лабораториска обработка на материјалот во рок од 30 дена, а најдоцна 1 година по завршувањето на ископувањата, да ги предаде движните наоди на надлежната установа задолжена за нивно чување и депонирање во согласност со чл. 61 од Законот за заштита на културно наследство (став 6 ?).\nВо колку одговорниот истражувач е правно лице тој е обврзан кабинетското истражување на материјалот да го изведува во рамки на соодветната јавна институција.\nчл. 166 Аналогно на обврските на Архивата при Управата во која се депонира оригиналната документација, и јавната установа на која и е доверена грижата за движниот материјал е обврзана на почитување на правото на научна сопственост во смисол на обработка на наодите и објавување на резултатите од истражувањата согласно чл. 62 од Законот за заштита на културно наследство.\nУстановата која го превзема материјалот на чување се обврзува на:\n- прецизно инвентарирање на целиот депониран материјал според копија од теренската листа на движни наоди со податоци за околностите на пронаоѓање, идентификација и датација на предметите со краток опис, цртеж и фотографија за поважните предмети, Образец 8;\n- уредно депонирање и компјутерско архивирање (скенирање на материјалот);\n- водење евиденција за необјавен материјал и доставување на овие листи во одредени интервали (на пр. секои 5 години) до Управата со цел за стимулирање на истражувачката дејност врз веќе откриен но необјавен материјал;\n- заради деструктивниот карактер на трајното депонирање на движниот археолошки материјал ограничувањето на правото на научна сопственост се лимитира на максимум 10 години. Во колку одговорниот истражувач или член на екипа кој учествувал во истражувањата во овој период не отпочнат детални проучувања со цел публикација и јавна презентација на материјалот и податоците, тие се сметаат незаинтересирани и Управата со посебен акт има право да го симне ветото на научна сопственост и да го стави материјалот на располагање пред стручната јавност.\nМултидисциплинарни истражувања\nчл.167Посебните видови материјал чија обработка е предмет на мултидисциплинарни истражувања (нумизматика, епиграфика и антропологија) се проследени со посебна документација. Оваа документација ги обединува податоците добиени од Теренската документација, Листа на движни наоди - Образец 8, кои низ стручна експертиза ги дополнува и вообличува во Листа на обработен и документиран остеолошки/епиграфски/нумизматички материјал - Образец бр. 12-14.\nТеренската документација за конкретен вид наоди (нумизматички, епиграфски, антрополошки) е содржана во пописна листа со нумерација карактеристична за локалитетот и конкретниот вид на материјал со реден број според примарниот теренски каталог, во кој се содржани податоците за местото на откривање (локалитет, сектор, објект, стратиграфски слој, кота), редден број на Стандардниот нумизматички или епиграфски картон, како и на повисокиот вид Централна документација, број на фотодокументација.\nНиз понатамошна работа документацијата на предмети добиени по пат на археолошки истражувања ја преточува во системот пропишан со Заштитната документација, односно Основната, Матичната и Централната документација (или евиденција).\nОсновната документација е содржана во Стандардниот нумизматички/епиграфски картон\nНа сличен начин и резултатите од другите комплементарни истражувања се поднесуваат до раководителот на истражувањата во вид на листи податоци според земени примероци.\n12 НАДЗОР\nчл. 168 Условите за археолошки надзор и привремено запирање на истражувачките работи се пропишани со чл. 67 од Законот за заштита на културното наследство.\nНадзорот го вршат внатрешни или надворешни овластени лица.\nПри увидот овластените лица прават Записник за затекнатата состојба на теренот.\nУвидот има за цел да утврди:\n- дали истражувањата се одвиваат согласно предложената и прифатена програма\nи издадена Дозвола;\n- дали се почитуваат методолошките принципи на работа и стручна обработка на податоците;\n- кои и какви мерки на заштита се применуваат на самиот локалитет и врз движните и недвижните наоди.\nчл. 169 Доколку истражувачките работи се одвиваат спротивно од искажаното во дозволата и програмата за истражување, Управата може да издаде Решение за привремено прекинување на работите, или со Решение да ја одземе Дозволата.\nПосебна Комисија формирана од Директорот на Управата, најдоцна во рок од три дена ќе ги разгледа причините за прекин на работите или одземање на Дозволата, и ќе даде мислење со конечно Решение.\n13 ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА\nчл. 169 Објавувањето на резултатите се врши во периодична едиција - Билтен на резултати од археолошки истражувања - која ја издава Управата секоја година.\nСпоред чл. 60. 3 од Законот за заштита на културното наследство носителот на Дозволата за археолошки истражувања има обврска да ги објави резултатите од истражувањата најмногу во рок од три години. По нивното објавување секој учесник има право да ги објави резултатите од сопствените истражувања.\nВо колку носителот на Дозволата не ги објави резултатите, Управата го стопира натамошното истражување на локалитетот. Во колку и по две години од овој рок носителот на Дозволата или член на екипата, како соработник со право на предимство од втор сепен, не ги објават резултатите од истражувањата, Управата има право да ги објави претходно поднесените Известувања. Со тоа локалитетот се става на располагање за понатамошно истражување пред друг истражувач.\nСо тоа се гарантира 5-годишна тајност на податоците, доставање на издржано и употребливо Известување од страна на носителот на Дозволата, како и стручност и одговорност од страна на членовите на екипата; се обезбедува достапност и оптек на материјалот и податоците од археолошките истражувања.\nчл. 170 Во тек на археолошките истражувања неопходно е да се обезбеди тековно дневно информирање на јавноста за време на истражувањата.\nНа крајот од истражувачката сезона неопходно е подтикнување на систем на усна информација на стучно ниво со јавна презентација на резултатите.\nСекој истражувачки проект треба да биде представуван два пати годишно на званичен Њеб сите на Управата, и тоа во вид на предстојна истражувачка програма и резултати од извршени истражувања, респективно на почетокот и крајот на истражувачката сезона.\n14 ЗАВРшНИ ОДРЕДБИ\nчл. 171 Установата е должна да излезе во пресрет на истражувачката екипа со отстапување на располагање на теренските капацитети (барака/контејнер, санитарен јазол, чешма, пристапен пат итн.), а раководителот на ископувањата е должен да ги подмири сметките за користење на струја и вода, и да ги остави овие капацитети во уредна состојба\n15 Библиографија\nЗакон за култура, Службен весник на Република Македонија год. ЛИЏ, бр. 66, 17 октомври 2003, 1-11\nЗакон за заштита на културното наследство, Службен весник на Република Македонија год. ЛЏ, бр. 20, 2 април 2004, 2-37\nЗакон за Музеите, Службен весник на Република Македонија год. ЛЏ, бр. 66, 1 октомври 2004, 2-8\nЗакон за, Службен весник на Република Македонија год. ЛЏ, бр. 20, 2 април 2004,\nZakon o kulturnim dobrima (na SR Srbija), Slu`beni glasnik SRS br. 6, 27 januar 1990, 243-258\nV. Brguljan, Međunarodni sistem zaštite kulturnih I prirodnih dobara, Zagreb-Beograd 1985\nGetty Standards Program Homepage, 2004\nM. i D. Gara{anin, Priru~nik za arheolo{ka iskopavawa, Beograd 1953\nT.R. Hester, R.F. Heizer, J.A. Graham, Field Methods in Archaeology, California: Mayfield Publishing Company, 1975\nM. Joukowsky, A Complete Manual of Field Archaeology, Tools and Techniques of Filed Work for Archaeologists, New York-London-Toronto-Sidney-Tokyo: Prentice Hall Press, 1986\nJ. Reiderer, Archäologie und Chemie – Einblicke in die Vergangenheit, Austellung des Rathgen-Forschungslabors SMPK, September 1987-Januar 1988, Staatliche Museen - Rathagen-Forschungslabor, Preuβischer Kulturbesitz – Berlin: 1987\nE.C. Harris, Načela arheološke stratigrafije, Ljubljana: SAD, 1989\nP. Kos, Die Fundmünzen der römischen Zeit in Slowenien (FMRS), Komission für Geschichte des Altertums der Akademie der Wissenschaften und der Literatur, Mainz, SAZU-Ljubljana, Berlin: GebrMann Verlag, 1988\nM. Lazi¢, O zna~aju arheozoologije u arheolo{kim istra`ivawima, Glasnik SAD 6 (1990), 7-10\nD. Nikoli¢, Primena palinologije u arheolo{kim istra`ivawima, Glasnik SAD 6 (1990), 11-15\nD. Bogosavqevi¢, Srpsko sredwovekovno rudarstvo-istra`enost I vidovi ukqu~ewa arheologije, Glasnik SAD 6 (1990), 36-44\nD. Nikoli¢, Mogu¢nost poreÚewa rezultata polenskih analiza sa arheolo{kih I geolo{kih lokaliteta, Glasnik SAD 9 (1993), 85-92\nS. Babi¢, Arheologija i antropologija, Glasnik SAD 9 (1993), 143-147\n@. Miki¢, O metodologiji terenske obrade skeletnog materijala, Specijalno izdanie na Godi{wak ANUBiH, Sarajevo 1978\nN. Tasi¢-B. Jovanovi¢, Metodologija istra`ivawa u praistorijskoj arheologiji, Godi{wak SANU kw. 8, Beograd 1979\nL.C. Klajn, Arheološka tipologija, Arheo, Ljubljana 1988\nP. Barker, Tehnike arheološkega izkopavanja, Ljubljana 1998 [transl. from: Techniques of Archaeological Ecavations, London: B.T. Batsford Ltd., 1993]\ncoll. auth., Na~aloto, SofiÔ 1994\nA-M. Hansson, On Plant Food in Scandinavian Peninsula in Early Medieval Times, Stockholm University: Archaeological Research Laboratory, 1997\nS. Isaksson, Food and Rank in Early Medieval Time, Stockholm 2000\nCenter for Underwater Archaeology, Institute of Nautical Archaeology, Joint Expedition, Kiten 2001\nK.N. Batchvarov, The First Black Sea Shipwreck Excavation: Kiten Bulgaria, INA Quarterly 28-1 (19 ), 3-9\nC. Renfrew, P. Bahn, Archaeology, Theories, Methods and Practice, 3rd ed. reprint, London: Thames and Hudson, 2001\nD. Rich and H. Evans, eds., 2003 Archaeological Fielwork Opportunities Bulletin, Archaeological Institute of America – 23rd edition (First Published in 1981), Boston: Boston University\nJ. Hoder, ^itaj}i go minatoto, Tekovni pristapi vo arheolo{kata interpretacija, Ohrid: Macedonia Prima, 2003", "subject": ["Археологија во Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B5%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0_%28%D0%9C%D0%90%D0%9D%D0%94%29", "word_count": 15953, "cyrillic": 0.976}
{"id": "3049", "title": "Викиизвор:Проверливост", "text": "За да може некој податок да биде вклучен во Викиизвор потребно е да биде проверлив. „Проверливоста“ во овој контекст би значела дека секој читател мора да биде во состојба да провери дека податокот / содржината која е додадена во некоја статија претходно е објавена од страна на некој доверлив извор, затоа што Викиизвор не објавува оригинални идеи ниту пак служи за објавување на оригинални истражувања.\nВикиизвор:Проверливоста е едно од трите основни правила на Викиизвор во поглед на нејзината содржина. Другите две правила се: Без оригинални истражувања и Викиизвор:Неутрална гледна точка. Заедно, овие три правила го одредуваат типот и квалитетот на материјалот кој може да биде објавен во главниот именски простор. Овие три правила не треба да се гледаат одвоено, секој уредник треба да ги има во предвид истовремено трите правила. Овие три правила се непроменливи и не може да ги „надгласа“ никое друго правило ниту пак договор помеѓу уредувачите.\n1 Изворите би требало да бидат на македонски јазик\nБидејќи ова е Викиизвор на македонски јазик, изворите на информации би требало да бидат на македонски јазик, за да може читателите и уредувачите да ги разберат. Ако заради цитирање сте превеле некој извор од странски јазик на македонски јазик, покрај преводот би требало да го наведете цитатот и на изворниот јазик, така да читателите можат да го проверат преводот ако има потреба за тоа.\n2 Кога додавате одредено сознание\nПроверката на фактите бара доста време. Неразумно е да се очекува од другите корисници да ги бараат изворите за да ја проверат Вашата работа, посебно ако првобитната содржина е значително изменета. ''Докажувањето е обврска на уредувачот кој ги извршил измените''. Од тие причини уредувачите треба да бидат јасни, да избегнуваат двосмислени зборови, и да наведуваат референци. Пример:\nПортпаролот за човекови права изјави дека инцидентот е дел од пошироката форма на насилство во регионот.\nОваа изјава е тешко проверлива. Најверојатно многу други гласноговорници го коментирале посочениот инцидент и не е разумно да се очекува од другите корисници на Викиизвор да ги проверуваат сите можни изјави за да ја пронајдат токму оваа изјава. Во таа насока коректно би било да запишеме:\nМирјана Најчевска од организацијата Хелсиншки комитет на Македонија изјави: \"Ова е дел од растечкиот тренд во Македонија на насилни протести и подеднакво насилни одговори\". (''Канал 4'', 8. јули, 2000)\nОва е лесно да се провери. Линкот кон целата изјава е наведен, читателите и уредувачите можат да го контактираат Канал 4 ако сакаат, покрај другото даден е и точниот цитат, па може да се употреби за пребарување на Интернет.\n3 Степени на проверливост\nПостојат повеќе степени на проверливост. На една страна се фактите кои може да ги провери било кој уредувач релативно брзо за што се доволни само ресурсите достапни на интернет или во некоја локална библиотека. На друга страна се наоѓаат фактите кои можат да се проверат само од страна на експерти во дадената област.\nВо принцип, треба да се има во предвид кои се лицата кои најверојатно ќе земат учество во уредувањето на статијата, статијата треба да е проверлива за тие лица. Значи, статијата од областа на социологијата во себе може да содржи материјал кој може да биде потврден само од страна на социолози или пак само врз потпирање на некои стандардни текстови од областа на социологијата. Меѓутоа, веројатно не би требало во себе да содржи нешто што може да го потврди само лекар од специјална пракса, бидејќи не може да сметате дека некој ќе го поминува своето време читајќи ги и исправајќи ги нашите грешки од областа на социологијата.\nДоколку пишувате за некоја тема која е општо позната, може да бидете поопуштени околку прашањето за проверливост, бидејќи најверојатно поголемиот дел од уредувачите на статијата сигурно се добро информирани за таа тема. Но ако пишувате за помалку познати теми, најверојатно повеќето корисници никогаш не слушнале за тие работи, па ќе морате да ги наведете вашите извори.\n4 Утврдување на проверливоста\nПостојат повеќе причини зошто да се провери некој податок или изјава од статијата:\n* Авторот на статијата е познат по давање на неточни податоци или податоци кои можат да доведат до заблуда.\n* Авторот е во состојба на конфликт на интереси.\n* Во статијата постојат грешки и треба да се провери целиот текст.\n* Статијата е предмет на расправа за точноста.\n* На прв поглед изгледа дека тврдењето не е веројатно.\n* Тврдењето е клучно за целокупната содржина.\n* Тврдењето е премногу неодредено.\nОва е предлог постапка за проверка на содржината.\n# Ако наидете на скорешна промена и не сте сигурни дали промената е точна или не, додадете ја статијата и разликата во Викиизвор:RC patrol\n# Ако почуствуавте нагон да отстраните некое тврдење во постоечка статија, прво проверете ги референците на крајот од статијата.\n# Ако се наведени референци, проверете го изворот. Ако може да си дадете потврден одговор дека изјавата се користи со тие извори, оставете ја, во спротивно продолжете понатаму.\n# Ако постои нешто на страницата за разговор, тогаш разгледајте ја и неа. Тврдењето можеби веќе е проверено, па нема потреба да ја повторувате постапката. Меѓутоа, ако референцата е наведена само на страницата за разговор, тогаш преместете ја во самата статија, за да им помогнете на оние кои во иднина ќе се најдат во слична ситуација.\n# Логички размислувајте што се ви е потребно за да ги проверите наведените податоци, Ако со помош на логичко расудување може да ги верификувате наведените податоци можете да ги оставите, во спротивно продолжете понатаму.\n# Преместете ја или прекопирајте ја изјавата на страницата за разговор давајќи при тоа објаснување дека не сте успеале да ја потврдите изјавата при што ќе ги наведете и изворите кои сте ги провериле.\n# Евентуално проверете ја и историјата на статијата за да видите кој всушност ја дал спорната изјава и оставете порака на неговата страница за разговор објаснувајќи дека неговата изјава е оспорена и упатете ги на соодветната страница за разговор.\n# Сега секој треба да се чуствува слободен да ја провери изјавата и да посочи соодветна референца на страницата за разговор.\n# Ако само сте ја копирале изјавата, почекајте неколку дена (7-10) и потполно тргнете ја од статијата. Не се грижете и понатаму ќе се наоѓа на страницата за разговор.\n# Ако некој пронајде соодветна референца, изјавата треба да ја врати во статијата, со наведување на референцата. Со цел јасно да се стави на знаење која изјава со која референца се користи, не би било лошо да ги нумерирате референците, па кога се повикувате ма нив во статијата тоа го правите со [1] или <sup>1</sup>. Ако никој не пронајде соодветна референца, изјавата може да си остане на страницата за разговор.\nКога нешто успешно сте потврдиле, размислете да извршите измени или во самата статија или на страницата за разговор, со цел на следниот читател да му олесните доколку се најде во слична ситуација.\n5 Сомнителни извори\nЗа било која енциклопедија, изворите треба да будат непобитни. Енциклопедијата не се заснова само на материјали од еден извор. Авторите на енциклопедијата не спроведуваат оригинални истражувања. Според тоа, било што што ќе се вклучи во енциклопедијата треба претходно да биде објавено во еден или повеќе извори кои треба да ги наведеме во самата статија за да може секој кој ќе посака да изврши проверка или поблиску да се запознае со нив. Неверојатните, необичните и неконвенционалните тврдења бараат прилично јаки извори.\nПонекогаш некој исказ може да се провери само на место со сомнителна доверливост, на пример (\"блог\") или жолт печат (таблоиди). Ако исказот е небитен, тогаш едноставно тргнете го од статијата&mdash; нема потреба да се трошат зборови на тврдења кои се со ограничен интерес и сомнителна вистинитост. Но ако баш мора да ги задржите овие искази, тогаш јасно назначете кои се изворите на овие тврдења. Пример:\n:''Според блогот \"Тинтири минтири\", просечниот Македонец стапува во брак после триесетата година а своето прво сексуално искуство го стекнува на 17 години.''\nТреба да имате на ум дека било кој може релативно лесно да направи блог и да тврди дека е експерт за одредена област, или да направи некое граѓанско здружение од типот на: експерти за човекови права, религиозно здружение, спортско друштво и сл. Денес постојат милиони блогови. Според тоа треба да се направи проценка, дали изворот е доверлив.\nВо поглед на проверливоста и доверливоста поставете си ги следниве прашања: дали изворот е некој познат стручњак во дадена област? Дали изворот има груби грешки? Дали изворот ги следи новинарските или академските стандарди на етичко истражување? Во случај на извор кон кој се референцира поради изразување на мислење поставете си ги следниве прашања: дали изворот е значаен (познат, релевантен)? Дали е репрезент на голема група на луѓе?\nПогледнете ја исто така и статијата за доверливи извори.\n6 Проверливост, а не вистина\nСтатиите во Викиизвор би требало да се однесуваат на фактите, тврдењата, теориите, идеите, мислењата и аргументите кои веќе ги објавил некој доверлив или почитуван издавач. Мерило за вклучување е проверливоста, а не вистината.\nДобар начин за правење разлика помеѓу проверливост и вистина е следниов пример. Да претпоставиме дека пишувате статија за теоријата ''X'' на некој познат физичар. Теоријата ''X'' ја објавиле академски списанија. Според тоа оваа теорија е соодветен материјал за статија во Викиизвор. Но во текот на пишување на статијата, лично се сретнувате со овој физичар, и додека пиете кафе со него, тој ви вели: \"Во суштина, сметам дека теоријата ''Х'' е ѓубре\". Иако ова сте го слушнале од самиот автор, фактот дека тој тоа ви го кажал не можете да го влкучите во статијата. Читателите не знаат кој сте вие. Не може да го оставите својот број на телефон за да може секој заинтересиран директно да се јави и да ја провери изјавата. Дури и кога би можело, зоошто би ви верувале?\nДа претпоставиме дека сте цврсто убедени дека ова ново сознание треба да биде објавено на Викиизвор, бидејќи ако тоа не го направите не би било чесно и професионално. Како би можеле тоа да го направите? За да овој податок биде прифатлив за Викиизвор, би морале да стапите во контакт со некој издавач на весник или некоја агенција со добар глас, пример значајните весници во Македонија: ''Дневник'', ''Утрински весник'', ... и нив да им објасните што ви рекол Физичарот. Можеби имате тонски запис од разговорот кој што ќе го приложите, или можеби тие ќе ве интервјуираат. Што и да изберат, вашата приказна ќе помине низ систем на проверки, слично како кога нешто се објавува во некое стручно академско списание, вашата приказна би ја проверил некој новинар, уредникот на весникот, веројатно и нивните адвокати и главниот и одговорен уредник. Физичарот би добил можност да одговори, исто и неговиот издавач, а би бил побаран и коментар од другите членови на академската заедница. Овој начин на контрола и рамнотежа постои за да се осигура дека во весниците ќе се појават точни, вистинити и чесни приказни. Овој процес Викиизвор не е во состојба да го понуди и од тие причини многу е вашно Викиизвор правилото: без оригинални истражувања.\nДруга приказна е тоа што поголемиот број од весниците во Македонија не ги задоволуваат овие критериуми, па така речиси по правило секојдневно се објавуваат тенденциозни и непроверени и инепроверливи информации кои имаат за цел да манипулираат со својата некритична читателска публика. Исто така недостатокот на професионални здруженија кои објавуваат стручни списанија од својата област на македонски јазик поради малубројно членство и недостаток на финансиски средтсва, битно се отсликува на можноста за проверливост на исказите и податоците. Дополнителна отежнувачка околност е непостоењето на конзистентност и перманентно одржување на официјалните веб страници на државните органи, почнувајќи од највисоките државни органи па до органите на локална управа, т.е. речиси по правило после менување на владејачката гарнитура се менува и добар дел од податоците на веб страниците на соодветните органи.\nАко некој од весниците ја објави вашата приказна, во тој случај би можеле податоците да ги вклучите во вашата статија на Викиизвор. Меѓутоа, ако не можете да најдете некого кој би ја објавил вашата приказна, или ако можете да обезбедите објавување во извор кој нема добар глас, тогаш на вашиот материјал не му е место во Викиизвор, ''дури и ако знаете дека е вистинит''.\n7 Тешко проверливи теми\nПроверливоста се доведува во знак на прашање кога се работи за статии кои содржат тешко проверливи факти или информации. Ако една статија покрива проблематика, чии факти и информации никогаш претходно не се објавени некаде, или се објавени во извори со сомнителен кредибилитет тогаш тешко се потрвдува вистинитоста на таквите факти и информации. Нивната проверка бара примена на оригинални истражувања, но во правилото Што не е Викиизвор се вели дека Викиизвор не е место за објавување на оригинални истражувања. Неможноста за проверка според тоа е доволна за бришење на ваквите содржини.\nНекои Викиизворнци тврдат дека проверливоста е единствен критериум за одлучување дали некоја содржина треба да биде задржана или не, па според нив секој проверлив факт треба да биде внесен во статијата. Тие често пати аргументираат дека ''Вики не е хартија'' - пред се мислејќи на фактот дека не постои просторно ограничување.\nНекои други Викиизворнци тврдат дека критериумот за проверливости не е доволен, па мора да се вклучат и други услови. Првенствено се нагласува значењето на исказот. Исто така се тврди дека потпирањето на правилото на проверливост води кон тенденција на собирање на интересни но небитни ситници. Пример, трачевите можат да се проверат во бројни дневни весници, додека пак настаните од минатото тешко се проверуваат во автентични документи. Тие сметаат дека овој пристап е лош бидејќи води кон намалување на кредибилитетот на целиот проект.\nСепак, само затоа што некоја информација може да се провери, не значи дека Викиизвор е вистинско место за нејзино објавување.\n8 Види исто така\n*Што не е Викиизвор\n*Критериуми за вклучување на биографии и\n*Автобиографија за разјаснување кои критериуми се користат при одлучување дали да се вклучат биографски статии.", "subject": ["Викиизвор:Принципи и напатствија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82", "word_count": 2241, "cyrillic": 0.998}
{"id": "2994", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Филипи", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле и Тимотеј,\nслужбеници на Исус Христос,\nдо сите Божји луѓе во Филипи што веруваат во Исус Христос, до старешините и помошниците во црквата.\n<sup>2</sup>Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.\n2 Молитва со благодарност\n<sup>3</sup>Секојпат кога ќе помислам на вас, Му се заблагодарувам на мојот Бог\n<sup>4</sup>и секогаш со задоволство се молам за вас,\n<sup>5</sup>зашто вие ми помагате во ширењето на Радосната вест уште од првиот ден кога ја слушнавте, па сѐ досега.\n<sup>6</sup>Сигурен сум дека Бог, Кој ја започна оваа добра работа во вас, ќе продолжи да ја води, сѐ додека не ја заврши, на Денот кога Исус Христос повторно ќе дојде.\n<sup>7</sup>Сите сте ми многу драги, и со право ми прираснавте за срце, зашто и вие ја делите со мене оваа привилегија што Бог ми ја даде, сега, кога сум в затвор, како и порано кога бев слободен, да ја бранам и ширам Радосната вест.\n<sup>8</sup>Бог ми е сведок дека моите чувства спрема сите вас се искрени и дека ве сакам онака како што ве сака и Исус Христос.\n<sup>9</sup>Се молам и вашата љубов еден спрема друг сѐ повеќе да расте, вашето знаење да се продлабочува, и сѐ потемелно да ги разбирате работите,\n<sup>10</sup>за да знаете да го одберете она што е најдобро. Така, на Денот кога Христос ќе се врати, ќе бидете беспрекорни и чисти.\n<sup>11</sup>Вашите животи ќе бидат исполнети со вистински вредности, какви што само Исус Христос може да создаде, за слава и величање на Бог.\n3 Павле е радосен што се проповеда за Христос\n<sup>12</sup>Сакам да знаете, драги пријатели, христијани, дека она што ми се случи, помогна Радосната вест уште поуспешно да се шири.\n<sup>13</sup>Целата царска стража во касарната и сите луѓе што се овде дознаа дека сум затворен поради тоа што проповедам за Христос.\n<sup>14</sup>Мојот престој во затворот кај повеќето христијани ја зацврсти нивната вера во Господ, ги поттикна да бидат посмели и без страв да ја проповедаат Божјата порака.\n<sup>15</sup>Навистина, некои тоа го прават од завист и од соперништво спрема мене, но другите со најискрени намери проповедаат за Христос.\n<sup>16</sup>Оние што го прават тоа од љубов знаат дека Бог ме определи да ја бранам Радосната вест.\n<sup>17</sup>Оние, пак, што проповедаат од ривалство и нечесни мотиви, сакаат да ми ја наголемат болката додека сум в затвор.\n<sup>18</sup>Но без оглед на тоа дали мотивите се чисти или не, се проповеда за Христос! А јас на тоа се радувам и ќе продолжам да се радувам,\n<sup>19</sup>бидејќи знам дека преку вашите молитви и со помошта што доаѓа од Духот на Исус Христос сето ова ќе биде за мое избавување.\n4 Да се живее и да се умре за Христос\n<sup>20</sup>Јас најискрено се надевам и посакувам во ништо да не потфрлам, исполнувајќи ја својата должност. Сакам секогаш, а посебно сега, да бидам полн со храброст, и со целото мое битие да Му донесам слава на Христос, било преку мојот живот, или преку мојата смрт.\n<sup>21</sup>Што е животот? За мене тоа е Христос! Што е смртта? За мене тоа е чиста добивка!\n<sup>22</sup>Но ако останам жив ќе можам плодно да работам за Христос. Затоа, кога би требало јас да избирам, не знам што би одбрал.\n<sup>23</sup>Растргнат сум од овие две желби: да го напуштам овој живот и да бидам со Христос, зашто за мене тоа е далеку подобро,\n<sup>24</sup>или да останам овде, во тело, што би било многу покорисно за вас.\n<sup>25</sup>Со таа увереност ќе останам со сите вас и ќе продолжам да работам, за да напредувате и да се радувате во верата,\n<sup>26</sup>па кога повторно ќе бидам со вас ќе имате уште поголема причина да се гордеете со вашата вера во Исус Христос и со мене.\n5 Однесувајте се како жители на небото\n<sup>27</sup>Трудете се да живеете достојно на Радосната вест на Христос. Без разлика дали сум со вас и можам да видам што правите, или сум отсутен, сакам да слушам само добро за вас: дека еднодушно и сложно се борите за верата што произлегува од Радосната вест.\n<sup>28</sup>Немојте да се плашите од вашите непријатели. Бидете секогаш храбри. Со тоа ќе им покажете дека тие ќе изгубат, а вие ќе бидете спасени, зашто Бог е на ваша страна.\n<sup>29</sup>Дадена ви е привилегијата да Му служите на Христос, не само со тоа што ќе верувате во Него, туку и со тоа што ќе страдате за Него,\n<sup>30</sup>водејќи ја истата борба што ја водев јас, како што и самите видовте, борба што и сега, како што слушате, продолжувам да ја водам.\n= Глава 2 =\n6 Единство и скромност\n<sup>1</sup>Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш\n<sup>2</sup>потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел.\n<sup>3</sup>Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.\n<sup>4</sup>Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите.\n<sup>5</sup>Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос:\n<sup>6</sup>Тој, иако по Својата природа е Бог,\nне ја искористи Својата еднаквост со Бог\nза да приграби нешто за Себе.\n<sup>7</sup>Напротив, се откажа од тоа и стана слуга,\nсе роди во човечко тело\nи живееше како човек.\n<sup>8</sup>Како човек, Тој се понижи, остана покорен\nи по цена на Својот живот,\nи понизно умре распнат на крст.\n<sup>9</sup>Затоа Бог Го воздигна и Му даде име\nпоголемо од секое друго име.\n<sup>10</sup>Пред тоа име, пред Исус,\nсите суштества на колена ќе клекнат:\nнебесните, земните и оние под земјата,\n<sup>11</sup>сите отворено ќе признаат дека\nИсус Христос е Господ!\nТоа ќе Му донесе\nслава на Бог Таткото.\n7 Бидете светла во овој свет\n<sup>12</sup>Затоа, драги мои, како што бевте послушни додека бев кај вас, уште поважно е да останете послушни и сега, кога сум отсутен. Продолжете да работите, со длабока страхопочит, за да се заокружи вашето спасение,\n<sup>13</sup>зашто Бог дејствува во вас, за да ве направи желни и способни да го работите она што Тој го сака.\n<sup>14</sup>Сѐ што ќе правите, правете без да негодувате или да се расправате,\n<sup>15</sup>за да бидете беспрекорни и чисти. Меѓу овие расипани, изопачени луѓе вие треба да бидете совршени Божји деца, да светите меѓу нив како што ѕвездите светат на небото,\n<sup>16</sup>држејќи се цврсто до Пораката што носи живот. Така, кога Христос ќе се врати, јас ќе се гордеам со вас, зашто ќе биде јасно дека моите напори и мојата работа не биле залудни.\n<sup>17</sup>Вашата вера во Господ и вашето служење се жртва што Му се принесува на Бог. Можеби мојата крв ќе треба да се излее како принос врз таа жртва. Ако биде така, јас ќе бидам среќен и ќе се радувам со сите вас.\n<sup>18</sup>Така и вие треба да бидете среќни и да се радувате со мене.\n8 Павле го препорачува Тимотеј\n<sup>19</sup>Ако Му е тоа по волја на Господ Исус, се надевам дека набрзо ќе можам да го пратам кај вас Тимотеј, та кога ќе се врати да ме израдува со вести за вас,\n<sup>20</sup>зашто немам друг истомисленик што толку искрено се грижи за вас.\n<sup>21</sup>Сите други работат за своја корист, а не за делото на Исус Христос.\n<sup>22</sup>Но, тој се има докажано како карактерен човек. Се сеќавате како работевме заедно на ширењето на Радосната вест: како татко и син.\n<sup>23</sup>Се надевам дека ќе можам да го испратам веднаш штом дознаам каква судбина ми се подготвува,\n<sup>24</sup>а се надевам дека Господ ќе ми овозможи наскоро и јас да дојдам кај вас.\n9 Павле го препорачува Епафродит\n<sup>25</sup>Во меѓувреме, сметав дека е потребно да ви го пратам нашиот брат Епафродит, со кој заедно работевме и се боревме, откако вие ми го испративте да ми помага во разни потреби.\n<sup>26</sup>Тој одвај чека да ве види, копнее да се врати дома, зашто му падна тешко што сте разбрале дека беше болен.\n<sup>27</sup>Навистина беше смртно болен, но Бог му се смилува. И не само нему, туку и мене ми се смилува, за да не ми дојде тага врз тага.\n<sup>28</sup>Брзам да го испратам, за да го видите и да му се нарадувате, па и јас да не бидам толку загрижен за вас.\n<sup>29</sup>Затоа, пречекајте го со радост, како брат во Господ. Таквите како него треба многу да ги цените,\n<sup>30</sup>зашто работејќи за Христос, тој животот си го доведе во опасност и речиси умре, за да ми помогне и да ми го надомести тоа што вие не можевте да го направите за мене, бидејќи сте далеку.\n= Глава 3 =\n10 Да се познава Христос е голема придобивка\n<sup>1</sup>За крај, драги мои, радувајте се што Му припаѓате на Господ. Мене не ми е тешко одново да ви го напишам истото нешто што веќе порано сум ви го пишувал, бидејќи тоа ќе придонесе да се заштитите.\n<sup>2</sup>Чувајте се од тие зли луѓе, од тие кучиња што тврдат дека обрежувањето е неопходно! Тоа е лажна побожност!\n<sup>3</sup>Ние, а не тие, сме обрежани на вистинскиот начин, зашто преку (Светиот) Дух Му служиме на Бог и се гордееме со Исус Христос. Ние не ја полагаме својата вера во телесни вредности.\n<sup>4</sup>Јас, се разбира, би можел да се потпрам на телесните вредности. Ако некој мисли дека може да се потпира на телесни вредности, нека знае дека јас имам многу повеќе причини така да мислам.\n<sup>5</sup>Обрежан сум кога сум имал осум дена, Израелец сум по раѓање, од племето на Бинјамин - чистокрвен Евреин. Им припаѓав на фарисеите, што подразбира стриктно придржување кон верските закони.\n<sup>6</sup>Бев толку ревносен, што дури ги прогонував христијаните. Толку колку што човек може да биде праведен со почитување на заповедите од верскиот Закон, јас беспрекорно се придржував до нив.\n<sup>7</sup>Но сите тие нешта што порано толку многу ми значеа, сега, кога верувам во Христос, ги сметам за безвредни.\n<sup>8</sup>И уште повеќе, сметам дека сѐ е рамно на загуба во споредба со таа скапоцена придобивка: да се познава Исус Христос, мојот Господ. Заради Него се откажав од сите тие телесни вредности и ги сметам за обичен смет. Христос е сѐ што ми треба.\n<sup>9</sup>Со Него сакам да бидам, не преку моја сопствена праведност, што би произлегувала од придржување кон верскиот Закон, туку преку праведност што се добива заради вера во Христос, праведност што доаѓа од Бог, врз основа на вера.\n<sup>10</sup>Сакам длабоко да Го запознаам Христос, да ја доживеам силата што Го воскресна, да искусам дел од Неговите страдања и да се идентификувам со Неговата смрт,\n<sup>11</sup>па така некако да стигнам до воскреснување од мртвите.\n11 Стремеж кон целта\n<sup>12</sup>Јас не велам дека веќе сум успеал да го постигнам тоа, или дека сум станал совршен. Но, и понатаму се стремам да ги постигнам целите заради кои Исус Христос ме придоби.\n<sup>13</sup>Се разбира, драги пријатели христијани, јас не мислам дека веќе сум успеал да го достигнам тоа, но мислам дека успеав да го заборавам она што е зад мене и од сѐ срце да се стремам кон она што е пред мене.\n<sup>14</sup>Трчам право кон целта, за да ја добијам наградата, небесното жителство за кое Бог, преку Исус Христос, нѐ повика.\n<sup>15</sup>Сите што сте духовно зрели, вака треба да размислувате. Ако во нешто не се согласувате, верувам дека Бог тоа ќе ви го разјасни.\n<sup>16</sup>Но важно е да продолжиме да се придржуваме до вистината што веќе ја прифативме.\n<sup>17</sup>Драги пријатели христијани, одете по моите стапки. Гледајте на оние што го следат нашиот пример.\n<sup>18</sup>Многу пати досега сум ви го кажал ова, а и сега, со солзи во очите ќе ви го повторам: има многу луѓе кои според начинот на кој живеат му се непријатели на Христовиот крст.\n<sup>19</sup>Тие ќе завршат во пеколот, бидејќи нивните телесни желби им се бог. Се гордеат со она од што би требало да се срамат и размислуваат само за овоземни работи.\n<sup>20</sup>За разлика од нив, ние сме жители на небото и желно очекуваме нашиот Спасител, Господ Исус Христос, оттаму да дојде.\n<sup>21</sup>Тој ќе ги преобрази нашите слаби, смртни тела и ќе ги направи слични на Неговото славно тело, со истата моќ со која ќе ја преземе власта над сѐ.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!\n12 Совети и поттик\n<sup>2</sup>Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ.\n<sup>3</sup>Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.\n<sup>4</sup>Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!\n<sup>5</sup>Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде.\n<sup>6</sup>Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.\n<sup>7</sup>Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.\n<sup>8</sup>За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.\n<sup>9</sup>Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас.\n13 Благодарност за грижата и помошта\n<sup>10</sup>Господ ми даде голема радост што по толку долго време вие пак имавте можност да покажете дека се грижите за мене. Не дека престанавте да се грижите за мене, туку немавте можност да го покажете тоа.\n<sup>11</sup>Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам.\n<sup>12</sup>Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.\n<sup>13</sup>Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови.\n<sup>14</sup>Сепак, добро сте сториле што сте ми испратиле помош сега, кога ми е тешко.\n<sup>15</sup>Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото.\n<sup>16</sup>Кога бев во Солун, не еднаш ми испраќавте помош, кога таа ми беше потребна.\n<sup>17</sup>Не барам јас подароци. Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.\n<sup>18</sup>Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам сѐ што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.\n<sup>19</sup>Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.\n<sup>20</sup>На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.\n14 Завршни поздрави\n<sup>21</sup>Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.\n<sup>22</sup>Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.\n<sup>23</sup>Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF%D0%B8", "word_count": 2521, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2645", "title": "Викиизвор:Портал на заедницата", "text": "0.0.0.1 Како да помогнам?\n* Додадете слободен текст.\n* Не помалку важно е да учествувате во промовирање на Вуикиизвор како слободен проект и да знаете кои се предностите на истиот во однос на другите слични проекти на Интернет. Вашите придонеси се добредојдени и може да ни помогнат да се искачиме на повисоко место на .\nДоколку сте решени да станете дел од проектот Викиизвор на македонски јазик, тогаш Ви го препорачуваме почетниот курс или едноставно обидете се да направите нешто во нашиот песок.\n|}\nar:ويكي مصدر:بوابة المجتمع\nda:Wikisource:Forside\nde:Wikisource:Portal\nen:Wikisource:Community portal\nes:Wikisource:Portal de la comunidad\nhe:ויקיטקסט:שער הקהילה\nhu:Wikiforrás:Közösségi portál\nit:Portale:Comunità\nko:Wikisource:Community Portal\nnl:Wikisource:Gebruikersportaal\nno:Wikikilden:Prosjektportal\npl:Wikiźródła:Portal Wikiskrybów\npt:Wikisource:Portal comunitário\nsv:Wikisource:Deltagarportal\nth:วิกิซอร์ซ:ศาลาประชาคม\ntr:VikiKaynak:Topluluk portalı\nzh:Wikisource:社区\n1 Announcing Wikipedia 1.19 beta\nWikimedia Foundation is getting ready to push out 1.19 to all the WMF-hosted wikis. As we finish wrapping up our code review, you can test the new version ''right now'' on . For more information, please read the or the start of the final announcement.\nThe following are the areas that you will probably be most interested in:\n** New common*.css files usable by skins instead of having to copy piles of generic styles from MonoBook or Vector's css.\n* The default user signature now contains a talk link in addition to the user link.\n* Searching blocked usernames in block log is now clearer.\n* Better timezone recognition in user preferences.\n* Improved diff readability for colorblind people.\n* The interwiki links table can now be accessed also when the interwiki cache is used (used in the API and the Interwiki extension).\n* More gender support (for instance in logs and user lists).\n* Language converter improved, e.g. it now works depending on the page content language.\n* Time and number-formatting magic words also now depend on the page content language.\n* Bidirectional support further improved after 1.18.\nReport any on the labs beta wiki and we'll work to address them before they software is released to the production wikis.\nNote that this cluster does have SUL but it is not integrated with SUL in production, so you'll need to create another account. You should avoid using the same password as you use here. — Global message delivery 17:23, 15 јануари 2012 (CET)\n2 Wsexport: an automatic export tool for Wikisource\nHello, and first sorry for this automatic delivery message.\nAn export tool for Wikisource books, Wsexport, is currently in active development. It is a tool for exporting Wikisource's texts in EPUB, ODT and other file formats. It was created for French Wikisource, but it's also available for the other Wikisource subdomains. It can be used directly from its page on (for texts in all languages, use \"www\" for oldwikisource), or browsing (currently only for French Wikisource's texts).\nIn order to work, the tool need some configuration from your Wikisource subdomain, This page explains how to do it. Currently French, Italian, English, and German Wikisource does it.\nYou will find more information on The global Scriptorium. Ask here for all question.\nThis message was distributed to all Wikisources using the Global message delivery system. If you want to use it to send your messages, ask for permission here.\nTpt (d) 22:18, 15 јануари 2012 (CET)\n3 MediaWiki 1.19\n(Apologies if this message isn't in your language.) The Wikimedia Foundation is planning to upgrade MediaWiki (the software powering this wiki) to its latest version this month. You can help to test it before it is enabled, to avoid disruption and breakage. More information is available in the full announcement. Thank you for your understanding.\nGuillaume Paumier, via the Global message delivery system (wrong page? You can fix it.). 16:10, 12 февруари 2012 (CET)\n4 Update on IPv6\n(Apologies if this message isn't in your language. Please consider translating it, as well as the full version of this announcement on Meta)\nThe Wikimedia Foundation is planning to do limited testing of IPv6 on June 2-3. If there are not too many problems, we may fully enable IPv6 on (June 6), and keep it enabled.\nWhat this means for your project:\n*At least on June 2-3, 2012, you may see a small number of edits from IPv6 addresses, which are in the form \"<code>2001:0db8:85a3:0000:0000:8a2e:0370:7334</code>\". See e.g. w:en:IPv6 address. These addresses should behave like any other IP address: You can leave messages on their talk pages; you can track their contributions; you can block them. (See the full version of this announcement for notes on range blocks.)\n*In the mid term, some user scripts and tools will need to be adapted for IPv6.\n*We suspect that IPv6 usage is going to be very low initially, meaning that abuse should be manageable, and we will assist in the monitoring of the situation.\nRead the full version of this announcement on how to test the behavior of IPv6 with various tools and how to leave bug reports, and to find a fuller analysis of the implications of the IPv6 migration.\n--Erik Möller, VP of Engineering and Product Development, Wikimedia Foundation 03:12, 2 јуни 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n5 2011 Picture of the Year competition\n:commons:Commons:Picture of the Year/2011/Translations/mk • :commons:Commons:Picture of the Year/2011/Translations/no • :commons:Commons:Picture of the Year/2011/Translations/pl\nDear Wikimedians,\nWikimedia Commons is happy to announce that the ''2011 Picture of the Year competition'' is now open. We are interested in your opinion as to which images qualify to be the ''Picture of the Year 2011''. Any user registered at Commons or a Wikimedia wiki SUL-related to Commons is welcome to vote and, of course everyone is welcome to view!\nDetailed information about the contest can be found at the introductory page.\nAbout 600 of the best of Wikimedia Common's photos, animations, movies and graphics were chosen &ndash;by the international Wikimedia Commons community&ndash; out of 12 million files during ''2011'' and are now called ''Featured Pictures''.\nFrom professional animal and plant shots to breathtaking panoramas and skylines, restorations of historically relevant images, images portraying the world's best architecture, maps, emblems, diagrams created with the most modern technology, and impressive human portraits, Commons ''Features Pictures'' of all flavors.\nFor your convenience, we have sorted the images into topic categories.\nWe regret that you receive this message in English; we intended to use banners to notify you in your native language but there was both, human and technical resistance.\nSee you on Commons!\n--Picture of the Year 2011 Committee 20:30, 5 јуни 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n6 Mobile view as default view coming soon\n''(Apologies if this message isn't in your language. Please consider translating it, as well as the instructions on Meta)''\nThe mobile view of this project and others will soon become the default view on mobile devices (except tablets). Some language versions of these projects currently show no content on the mobile home page, and it is a good time to do a little formatting so users get a mobile-friendly view, or to add to existing mobile content if some already exists.\nIf you are an administrator, please consider helping with this change. There are instructions which are being translated. The proposed date of switching the default view is June 21.\nTo contact the mobile team, email mobile-feedback-llists.wikimedia.org.\n--Phil Inje Chang, Product Manager, Mobile, Wikimedia Foundation 10:33, 16 јуни 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n7 Help decide about more than $10 million of Wikimedia donations in the coming year\n''(Apologies if this message isn't in your language. Please consider translating it)''\nHi,\nAs many of you are aware, the Wikimedia Board of Trustees recently initiated important changes in the way that money is being distributed within the Wikimedia movement. As part of this, a new community-led \"Funds Dissemination Committee\" (FDC) is currently being set up. Already in 2012-13, its recommendations will guide the decisions about the distribution of over 10 million US dollars among the Foundation, chapters and other eligible entities.\nNow, seven capable, knowledgeable and trustworthy community members are sought to volunteer on the initial Funds Dissemination Committee. It is expected to take up its work in September. In addition, a community member is sought to be the Ombudsperson for the FDC process. If you are interested in joining the committee, read the call for volunteers. Nominations are planned to close on August 15.\n--Anasuya Sengupta, Director of Global Learning and Grantmaking, Wikimedia Foundation 22:16, 19 јули 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n8 Request for Comment: Legal Fees Assistance Program\n''I apologize for addressing you in English. I would be grateful if you could translate this message into your language.''\nThe Wikimedia Foundation is conducting a request for comment on a proposed program that could provide legal assistance to users in specific support roles who are named in a legal complaint as a defendant because of those roles. We wanted to be sure that your community was aware of this discussion and would have a chance to participate in that discussion.\nIf this page is not the best place to publicize this request for comment, please help spread the word to those who may be interested in participating. (If you'd like to help translating the \"request for comment\", program policy or other pages into your language and don't know how the translation system works, please come by my user talk page at :m:User talk:Mdennis (WMF). I'll be happy to assist or to connect you with a volunteer who can assist.)\nThank you! --Mdennis (WMF)04:05, 6 септември 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n9 Wikidata is getting close to a first roll-out\n(Apologies if this message isn't in your language.)\nAs some of you might already have heard Wikimedia Deutschland is working on a new Wikimedia project. It is called m:Wikidata. The goal of Wikidata is to become a central data repository for the Wikipedias, its sister projects and the world. In the future it will hold data like the number of inhabitants of a country, the date of birth of a famous person or the length of a river. These can then be used in all Wikimedia projects and outside of them.\nThe project is divided into three phases and \"we are getting close to roll-out the first phase\". The phases are:\n# language links in the Wikipedias (making it possible to store the links between the language editions of an article just once in Wikidata instead of in each linked article)\n# infoboxes (making it possible to store the data that is currently in infoboxes in one central place and share the data)\n# lists (making it possible to create lists and similar things based on queries to Wikidata so they update automatically when new data is added or modified)\nIt'd be great if you could join us, test the , provide feedback and take part in the development of Wikidata. You can find all the relevant information including an FAQ and sign-up links for our on-wiki newsletter on the Wikidata page on Meta.\nFor further discussions please use this talk page (if you are uncomfortable writing in English you can also write in your native language there) or point me to the place where your discussion is happening so I can answer there.\n--Lydia Pintscher 15:29, 10 септември 2012 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n10 Upcoming software changes - please report any problems\n''(Apologies if this message isn't in your language. Please consider translating it)''\nAll Wikimedia wikis - including this one - will soon be upgraded with new and possibly disruptive code. This process starts today and finishes on October 24 (see the upgrade schedule & code details).\nPlease watch for problems with:\n* revision diffs\n* templates\n* CSS and JavaScript pages (like user scripts)\n* bots\n* PDF export\n* images, video, and sound, especially scaling sizes\n* the CologneBlue skin\nIf you notice any problems, please report problems at our defect tracker site. You can test for possible problems at and , which have already been updated.\nThanks! With your help we can find problems fast and get them fixed faster.\nSumana Harihareswara, Wikimedia Foundation Engineering Community Manager (talk) 05:05, 16 октомври 2012 (CEST)\nP.S.: For the regular, smaller MediaWiki updates every two weeks, please watch this schedule.\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n11 Fundraising localization: volunteers from outside the USA needed\n''Please translate for your local community''\nHello All,\nThe Wikimedia Foundation's Fundraising team have begun our 'User Experience' project, with the goal of understanding the donation experience in different countries outside the USA and enhancing the localization of our donation pages. I am searching for volunteers to spend 30 minutes on a Skype chat with me, reviewing their own country's donation pages. It will be done on a 'usability' format (I will ask you to read the text and go through the donation flow) and will be asking your feedback in the meanwhile.\nThe only pre-requisite is for the volunteer to actually live in the country and to have access to at least one donation method that we offer for that country (mainly credit/debit card, but also real-time banking like IDEAL, E-wallets, etc...) so we can do a live test and see if the donation goes through. ''All volunteers will be reimbursed of the donations that eventually succeed'' (and they will be low amounts, like 1-2 dollars)\nBy helping us you are actually helping thousands of people to support our mission of free knowledge across the world. Please sing up and help us with our 'User Experience' project! :)\nIf you are interested (or know of anyone who could be) please email ppena@wikimedia.org. All countries needed (excepting USA)!\nThanks!\nPats Pena\nGlobal Fundraising Operations Manager, Wikimedia Foundation\nSent using Global message delivery, 19:11, 17 октомври 2012 (CEST)\n12 Be a Wikimedia fundraising \"User Experience\" volunteer!\nThank you to everyone who volunteered last year on the Wikimedia fundraising 'User Experience' project. We have talked to many different people in different countries and their feedback has helped us immensely in restructuring our pages. If you haven't heard of it yet, the 'User Experience' project has the goal of understanding the donation experience in different countries (outside the USA) and enhancing the localization of our donation pages.\nI am (still) searching for volunteers to spend some time on a Skype chat with me, reviewing their own country's donation pages. It will be done on a 'usability' format (I will ask you to read the text and go through the donation flow) and will be asking your feedback in the meanwhile.\nThe only pre-requisite is for the volunteer to actually live in the country and to have access to at least one donation method that we offer for that country (mainly credit/debit card, but also real time banking like IDEAL, E-wallets, etc...) so we can do a live test and see if the donation goes through. **All volunteers will be reimbursed of the donations that eventually succeed (and they will be very low amounts, like 1-2 dollars)**\nBy helping us you are actually helping thousands of people to support our mission of free knowledge across the world. If you are interested (or know of anyone who could be) please email ppena@wikimedia.org. All countries needed (excepting USA)!!\nThanks!\nPats Pena\nGlobal Fundraising Operations Manager, Wikimedia Foundation\n: Sent using Global message delivery, 22:07, 8 јануари 2013 (CET)\n13 Wikimedia sites to move to primary data center in Ashburn, Virginia. Read-only mode expected.\n(Apologies if this message isn't in your language.) Next week, the Wikimedia Foundation will transition its main technical operations to a new data center in Ashburn, Virginia, USA. This is intended to improve the technical performance and reliability of all Wikimedia sites, including this wiki. There will be some times when the site will be in read-only mode, and there may be full outages; the current target windows for the migration are January 22nd, 23rd and 24th, 2013, from 17:00 to 01:00 UTC (see on timeanddate.com). More information is available .\nIf you would like to stay informed of future technical upgrades, consider becoming a Tech ambassador and . You will be able to help your fellow Wikimedians have a voice in technical discussions and be notified of important decisions.\nThank you for your help and your understanding.\nGuillaume Paumier, via the Global message delivery system (wrong page? You can fix it.). 16:31, 19 јануари 2013 (CET)\n14 Започна I коло од гласањето за Слика на годината\nДраги викимедијанци,\nРизницата со задоволство ве известува дека конкурсот „Слика на годината“ 2012 веќе започна. Ве повикуваме да го искажете вашето мислење - која слика сметате дека треба да стане Слика на годината 2012. Право на глас има секој корисник од Викимедиините проекти што ги задоволува следниве услови:\n:# Да има сметка на било кој Викимедиин проект што ја регистрирал пред 1 јануари 2013, 00:00 ч. (UTC).\n:# Сметката мора да има повеќе од 75 уредувања на било кој поединечен Викимедиин проект извршени пред 1 јануари 2013, 00:00 ч. (UTC). Проверете дали ги задолувате условите .\n:# Да гласа со сметка што ги задоволува горенаведните услови на Ризницата или на друг Викимедиин проект врзан со SUL (ако е на некој друг проект, тогаш таа сметка треба да е поврзана со оваа на Ризницата преку SUL).\nВо конкурсот влегоа стотици слики што добиле статус на „избрана слика“ од меѓународната заедница на Ризницата во текот на изминатата година. Тие се најразновидни и со секој можен предзнак. Имаме професионални снимки на животнии и растенија, восхитувачки панорами, реставрирани слики од историско значење, архитектонски знаменитости, карти, амблеми, дијаграми изработени со најсовремена технологија, па сè до впечатливи портрети на поединци.\nЗа да ви олесниме, сликите ги подредивме во тематски категории. Гласањето ќе се одржи во две кола: во првото можете да гласате за неограничен број на слики. Потоа, победниците од првото кола и десетте општо најдобри влегуваат во финалето. Во второто (финално) коло ќе мора да се одлучите за само една слика - онаа што сметате дека треба да биде Слика на годината.\nЗа да ги разгледате предложените слики, појдете на страницата на POTY 2012.\nСо овој конкурс, Ризницата ги чествува избраните слики за 2012 г. Вашиот глас одредува кој ќе биде победник, па затоа не заборавајте да гласате на I коло, најдоцна до 30 јануари 2013\nВи благодариме,\nконкурсната комисија за „Слика на годината“\nThis message was delivered based on :m:Distribution list/Global message delivery. Translation fetched from: :commons:Commons:Picture of the Year/2012/Translations/Village Pump/mk -- Rillke (разговор) 00:53, 23 јануари 2013 (CET)\n15 Help turn ideas into grants in the new IdeaLab\n''I apologize if this message is not in your language. Please help translate it.''*Do you have an idea for a project to improve this community or website?\n*Do you think you could complete your idea if only you had some funding?\n*Do you want to help other people turn their ideas into project plans or grant proposals?\nPlease join us in the IdeaLab, an incubator for project ideas and Individual Engagement Grant proposals.\nThe Wikimedia Foundation is seeking new ideas and proposals for Individual Engagement Grants. These grants fund individuals or small groups to complete projects that help improve this community. If interested, please submit a completed proposal by February 15, 2013. Please visit for more information.\nThanks! --Siko Bouterse, Head of Individual Engagement Grants, Wikimedia Foundation 21:40, 30 јануари 2013 (CET)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Correct it here.)\n16 Please comment on Individual Engagement Grant proposals until February 21\n''I apologize if this message is not in your language. Please help translate it.''\nThe Wikimedia Foundation is considering Individual Engagement Grant proposals from community members. Please join the discussion and share your thoughts about these ideas, until February 21. The following proposal may be of particular relevance for this Wikimedia project:\n*Grants:IEG/Elaborate Wikisource strategic vision (10000 EUR)\nThanks! --Siko Bouterse, Head of Individual Engagement Grants, Wikimedia Foundation 02:03, 20 февруари 2013 (CET)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Correct it here.)\n17 Convert complex templates to Lua to make them faster and more powerful\n(Please consider translating this message for the benefit of your fellow Wikimedians)\nGreetings. As you might have seen on the or the , a new functionality called \"Lua\" is being enabled on all Wikimedia sites today. Lua is a scripting language that enables you to write faster and more powerful MediaWiki templates.\nIf you have questions about how to convert existing templates to Lua (or how to create new ones), we'll be holding two support sessions on IRC next week: (for Oceania, Asia & America) and (for Europe, Africa & America); see m:IRC office hours for the details. If you can't make it, you can also get help at mw:Talk:Lua scripting.\nIf you'd like to learn about this kind of events earlier in advance, consider becoming a Tech ambassador by subscribing to the . You will also be able to help your fellow Wikimedians have a voice in technical discussions and be notified of important decisions.\nGuillaume Paumier, via the Global message delivery system. 21:09, 13 март 2013 (CET) (wrong page? You can fix it.)\n18 Request for comment on inactive administrators\n(Please consider translating this message for the benefit of your fellow Wikimedians. Please also consider translating the proposal.)\nRead this message in English / Lleer esti mensaxe n'asturianu / বাংলায় এই বার্তাটি পড়ুন / Llegiu aquest missatge en català / Læs denne besked på dansk / Lies diese Nachricht auf Deutsch / Leś cal mesag' chè in Emiliàn / Leer este mensaje en español / Lue tämä viesti suomeksi / Lire ce message en français / Ler esta mensaxe en galego / हिन्दी / Pročitajte ovu poruku na hrvatskom / Baca pesan ini dalam Bahasa Indonesia / Leggi questo messaggio in italiano / ಈ ಸಂದೇಶವನ್ನು ಕನ್ನಡದಲ್ಲಿ ಓದಿ / Aqra dan il-messaġġ bil-Malti / norsk (bokmål) / Lees dit bericht in het Nederlands / Przeczytaj tę wiadomość po polsku / Citiți acest mesaj în română / Прочитать это сообщение на русском / Farriintaan ku aqri Af-Soomaali / Pročitaj ovu poruku na srpskom (Прочитај ову поруку на српском) / อ่านข้อความนี้ในภาษาไทย / Прочитати це повідомлення українською мовою / Đọc thông báo bằng tiếng Việt / 使用中文阅读本信息。\nHello!\nThere is a new request for comment on Meta-Wiki concerning the removal of administrative rights from long-term inactive Wikimedians. Generally, this proposal from stewards would apply to wikis without an administrators' review process.\nWe are also compiling a list of projects with procedures for removing inactive administrators on the talk page of the request for comment. Feel free to add your project(s) to the list if you have a policy on administrator inactivity.\nAll input is appreciated. The discussion may close as soon as 21 May 2013 (2013-05-21), but this will be extended if needed.\nThanks, Billinghurst (thanks to all the translators!) 07:01, 24 април 2013 (CEST)\n:Distributed via Global message delivery (Wrong page? You can fix it.)\n19 Wikisource vision development: News April 2013\n''I apologize if this message is not in your language. Please help translate it.''\nDear Wikisourcerors, it has been almost a month since we have started with the Elaborate Wikisource strategic vision grant and we would like to share some news with you:\n*The Wikisource vision development pages are open to discussion. Specially important: what do you think of creating together an international Wikisource User Group?\n*In case some Wikisources want to use Wikidata to store book metadata and share it with Commons, we have started Wikidata:Books task force to decide which properties are needed. We think it's very important to discuss book metadata there, both for Wikisource and for all other projects.\n*We also started some relevant Requests for Comments for Wikisource:\n**Interproject links interface: how can we improve sister projects visibility?\n**Musical score transcription project proposal: now that Extension:Score allows musical scores both in Wikipedia and in Wikisource (example 1, example 2), we need to define where we want music sheets to be hosted.\n*We are following and promoting a Google Summer of Code project for Wikisource: Improve support for book structures. We are also helping to convert the UploadWizard customisation for books proposal into another GSoC.\n* First contacts have been initiated with Open Library, Internet Archive and Open Knowledge Foundation for possible partnerships. Please check out this page.\nAnd that's it for now! During the month of May, we (Aubrey and Micru) would like to organize at least one Skype or Google Hangout meeting for the users of each one of the plus another one or two for the other languages (depending on interest). We want to know your opinion on what Wikisource should become in the next years.\nThanks! --Micru and Aubrey 02:59, 27 април 2013 (CEST)\nDistributed via Global message delivery. (Wrong page? Correct it here.)\n20 [en] Change to wiki account system and account renaming\nSome accounts will soon be renamed due to a technical change that the developer team at Wikimedia are making. More details on Meta.\n(Distributed via global message delivery 05:55, 30 април 2013 (CEST). Wrong page? Correct it here.)\n21 [en] Change to section edit links\nThe default position of the \"edit\" link in page section headers is going to change soon. The \"edit\" link will be positioned adjacent to the page header text rather than floating opposite it.\nSection edit links will be to the immediate right of section titles, instead of on the far right. If you're an editor of one of the wikis which already implemented this change, nothing will substantially change for you; however, scripts and gadgets depending on the previous implementation of section edit links will have to be adjusted to continue working; however, nothing else should break even if they are not updated in time.\nDetailed information and a timeline is available on meta.\nIdeas to do this all the way to 2009 at least. It is often difficult to track which of several potential section edit links on the far right is associated with the correct section, and many readers and anonymous or new editors may even be failing to notice section edit links at all, since they read section titles, which are far away from the links.\n(Distributed via global message delivery 20:45, 30 април 2013 (CEST). Wrong page? Correct it here.)\n22 Tech newsletter: Subscribe to receive the next editions\nLatest Tech news from the Wikimedia technical community. ''Please inform other users about these changes.'';Recent software changes:''(Not all changes will affect you.)''* The latest version of MediaWiki (version 1.22/wmf4) was added to non-Wikipedia wikis on May 13, and to the English Wikipedia (with a Wikidata software update) on May 20. It will be updated on all other Wikipedia sites on May 22.\n* A software update will perhaps result in temporary issues with images. Please report any problems you notice.\n* MediaWiki recognizes links in twelve new schemes. Users can now link to SSH, XMPP and Bitcoin directly from wikicode.\n* VisualEditor was added to all content namespaces on mediawiki.org on May 20.\n* A new extension (\"TemplateData\") was added to all Wikipedia sites on May 20. It will allow a future version of VisualEditor to edit templates.\n* New sites: Greek Wikivoyage and Venetian Wiktionary joined the Wikimedia family last week; the total number of project wikis is now 794.\n* The logo of 18 Wikipedias was changed to version 2.0 in a .\n* The UploadWizard on Commons now shows links to the old upload form in 55 languages (bug 33513).\n;Future software changes:* The next version of MediaWiki (version 1.22/wmf5) will be added to Wikimedia sites starting on May 27.\n* An updated version of Notifications, with new features and fewer bugs, will be added to the English Wikipedia on May 23.\n* The final version of the \"single user login\" (which allows people to use the same username on different Wikimedia wikis) is moved to August 2013. The software will some usernames.\n* A new discussion system for MediaWiki, called \"Flow\", is under development. Wikimedia designers need your help to inform other users, and discuss the interface. .\n* The Wikimedia Foundation is hiring people to act as links between software developers and users for VisualEditor.\nTech news prepared by tech ambassadors and posted by Global message delivery • Contribute • Translate • Get help • Give feedback • Unsubscribe • 22:56, 20 мај 2013 (CEST)\nImportant note: This is the first edition of the Tech News weekly summaries, which help you monitor recent software changes likely to impact you and your fellow Wikimedians.\nIf you want to continue to receive the next issues every week, please subscribe to the newsletter. You can subscribe your personal talk page and a community page like this one. The newsletter can be translated into your language.\nYou can also become a tech ambassador, help us write the next newsletter and tell us what to improve. Your feedback is greatly appreciated. guillom 22:56, 20 мај 2013 (CEST)\n23 Trademark discussion\nHi, apologies for posting this in English, but I wanted to alert your community to a discussion on Meta about potential changes to the Wikimedia Trademark Policy. Please translate this statement if you can. We hope that you will all participate in the discussion; we also welcome translations of the legal team’s statement into as many languages as possible and encourage you to voice your thoughts there. Please see the Trademark practices discussion (on Meta-Wiki) for more information. Thank you! --Mdennis (WMF) (talk)\n24 X!'s Edit Counter\n(Sorry for writing in English. You can translate the proposal.)\nShould X!'s edit counter retain the opt-in requirement? Your input is strongly encouraged. Voice your input here.—cyberpower <sup >Chat<sub >Automation</sub> 06:46, 23 јуни 2013 (CEST)\n:Distributed via Global message delivery. (Wrong page? Fix here.)\n25 Universal Language Selector will be enabled on 2013-07-09\nOn July 9, 2013, Universal Language Selector (ULS) will be enabled on this wiki. The ULS provides a flexible way to configure and deliver language settings like interface language, fonts, and input methods (keyboard mappings). Making it available here is the last phase of making ULS available on all Wikimedia wikis.\nPlease read the announcement on Meta-Wiki for more information. Siebrand 14:44, 4 јули 2013 (CEST) (via Global message delivery).\n26 Pywikipedia is migrating to git\nHello, Sorry for English but It's very important for bot operators so I hope someone translates this.\nPywikipedia is migrating to Git so after July 26, SVN checkouts won't be updated If you're using Pywikipedia you have to switch to git, otherwise you will use out-dated framework and your bot might not work properly. There is a manual for doing that and a explaining about this change in non-technical language. If you have question feel free to ask in mw:Manual talk:Pywikipediabot/Gerrit, , or in the . Best Amir (via Global message delivery). 15:32, 23 јули 2013 (CEST)\n27 HTTPS for users with an account\nGreetings. Starting on August 21 (tomorrow), all users with an account will be using HTTPS to access Wikimedia sites. HTTPS brings better security and improves your privacy. More information is available at m:HTTPS.\nIf HTTPS causes problems for you, tell us , on IRC (in the <code>#wikimedia-operations</code> channel) or on meta. If you can't use the other methods, you can also send an e-mail to <code>https@wikimedia.org</code>.\nGreg Grossmeier (via the Global message delivery system). 21:26, 20 август 2013 (CEST) (wrong page? You can fix it.)\n28 Request for consultation on community logo\nFirst, I’d like to apologize for the English. If you can, please help to translate this for other members of your community.\nThe legal team at the Wikimedia Foundation would greatly appreciate your input on the best way to manage the \"community logo\" (pictured here) to best balance protection of the projects with community support. Accordingly, they have created a “request for consultation” on Meta where they set out briefly some of the issues to be considered and the options that they perceive. Your input would be invaluable in helping guide them in how best to serve our mission.\nThank you! --Mdennis (talk) (via the Global message delivery system). 04:53, 24 септември 2013 (CEST) (wrong page? You can fix it.)\n29 Notifications\n''(This message is in English, please translate as needed)''\nGreetings!\nNotifications will inform users about new activity that affects them on this wiki in a unified way: for example, this new tool will let you know when you have new talk page messages, edit reverts, mentions or links -- and is designed to augment (rather than replace) the watchlist. The Wikimedia Foundation's editor engagement team developed this tool (code-named 'Echo') earlier this year, to help users contribute more productively to MediaWiki projects.\nWe're now getting ready to bring Notifications to almost all other Wikimedia sites, and are aiming for a 22 October deployment, as outlined in this release plan. It is important that notifications is translated for all of the languages we serve.\nThere are three major points of translation needed to be either done or checked:\n* - you must have an account on translatewiki to translate\n* - you must have an account on translatewiki to translate\n*Notifications help on mediawiki.org. This page can be hosted after translation on mediawiki.org or we can localize it to this Wikipedia. You do not have to have an account to translate on mediawiki, but single-user login will create it for you there if you follow the link.\n:*Checklist\nPlease let us know if you have any questions, suggestions or comments about this new tool. For more information, visit this project hub and this help page. Keegan (WMF) (talk) 20:58, 4 октомври 2013 (CEST)\n:(via the Global message delivery system) (wrong page? You can fix it.)\n30 Speak up about the trademark registration of the Community logo.\nHi all,\nPlease join the consultation about the Community logo that represents Meta-Wiki: :m:Community Logo/Request for consultation.\nThis community consultation was commenced on September 24. The following day, two individuals filed a legal opposition against the registration of the Community logo.\nThe question is whether the Wikimedia Foundation should seek a collective membership mark with respect to this logo or abandon its registration and protection of the trademark.\nWe want to make sure that everyone get a chance to speak up so that we can get clear direction from the community. We would therefore really appreciate the community's help in translating this announcement from English so that everyone is able to understand it.\nThanks,\nGeoff & Yana 22:33, 8 октомври 2013 (CEST)\n31 Introducting Beta Features\n''(Apologies for writing in English. Please translate if necessary)''\nWe would like to let you know about Beta Features, a new program from the Wikimedia Foundation that lets you try out new features before they are released for everyone.\nThink of it as a digital laboratory where community members can preview upcoming software and give feedback to help improve them. This special preference page lets designers and engineers experiment with new features on a broad scale, but in a way that's not disruptive.\nBeta Features is now ready for testing on MediaWiki.org. It will also be released on Wikimedia Commons and MetaWiki this Thursday, 7 November. Based on test results, the plan is to release it on all wikis worldwide on 21 November, 2013.\nHere are the first features you can test this week:\n* Media Viewer — view images in large size or full screen\n* VisualEditor Formulæ (for wikis with VisualEditor) — edit algebra or equations on your pages\n* Typography Refresh — make text more readable (coming Thursday)\nWould you like to try out Beta Features now? After you log in on MediaWiki.org, a small 'Beta' link will appear next to your 'Preferences'. Click on it to see features you can test, check the ones you want, then click 'Save'. Learn more on the Beta Features page.\nAfter you've tested Beta Features, please let the developers know what you think on this discussion page -- or report any bugs . You're also welcome to join this IRC office hours chat on Friday, 8 November at 18:30 UTC.\nBeta Features was developed by the Wikimedia Foundation's Design, Multimedia and VisualEditor teams. Along with other developers, they will be adding new features to this experimental program every few weeks. They are very grateful to all the community members who helped create this project — and look forward to many more productive collaborations in the future.\nEnjoy, and don't forget to let developers know what you think! Keegan (WMF) (talk) 21:20, 5 ноември 2013 (CET)\n:Distributed via Global message delivery (wrong page? Correct it here), 21:20, 5 ноември 2013 (CET)\n32 Call for comments on draft trademark policy\nHi all,\nThe Wikimedia legal team invites you to participate in the development of the new Wikimedia trademark policy.\nThe current trademark policy was introduced in 2009 to protect the Wikimedia marks. We are now updating this policy to better balance permissive use of the marks with the legal requirements for preserving them for the community. The new draft trademark policy is ready for your review here, and we encourage you to discuss it here.\nWe would appreciate if someone would translate this message into your language so more members of your community can contribute to the conversation.\nThanks,\nYana & Geoff\n33 Дознајте како доделбите за спроведување на Стратегијата на движењето можат да ги поддржат вашите планови за него\nДоделните за спроведување на Стратегијата на движењето сега нудат преку 2.000 долари за спроведување на стратешките планови на дело. Сознајте повеќе за доделбите, нивните услови и како да поднесете барање.\nMNadzikiewicz (WMF) (разговор) 10:37, 24 октомври 2021 (CEST)\n34 Отворен повикот за мислења за изборите за Одбор на доверители\n:'' • ''\nПовик за мислења: Изборите за Одбор на доверители се отпочнати и завршуваат на 7 февруари 2022 г.\nСо овој Повик за мислења, екипата „Стратегија и управување со движењето“ применува поинаков пристап. Во него се вклучени мислењата на заедницата од 2021 г. Наместо со предлози, повикот е срочен околу клучни прашања поставени од од Одборот на доверители. Тие прашања дојдоа од одѕивот за изборите за Одбор на доверители во 2021 г. Намерата е да се поттикне колективна дискусија и заедничка разработка на предлози по овие клучни прашања.\n.\nСрдечно,\nСтратегија и управување со движењето\nAAkhmedova (WMF) (разговор) 08:11, 13 јануари 2022 (CET)\n35 Работното тело за развој на водство: Ве молиме за мислење\nПочитувани членови на заедницата,\nЕкипата за развој на заедницата при Фондацијата Викимедија го поддржува создавањето на глобално Работно тело за развој на водството со учество на заедницата. Замислата за телото е да има советодавна улога во работата кон развојот на водството.\nЕкипата бара мислења за надлежностите на Работното тело за развој на водството.\nНа страница на Мета ќе го најдете предлогот за Работно тело за развој на водството и ќе дознаете како можете да помогнете.\nМислењата за предлогот ќе се собираат од 7 до 25 февруари 2022 г.\nСрдечно,\nБранимир Пипал --BPipal (WMF) (разговор) 20:04, 8 февруари 2022 (CET)\nФасилитатор за Југоисточна Европа,\nСтратегија и управување со движењето\n36 Билтен за стратегија за движење и управување - Број 6\n: За жал, овој дел од нашата активност за информирање на заедницата е недостапен на вашиот јазик. Можете да помогнете со преведување на овој билтен.\nMovement Strategy and Governance News\nIssue 6, April 2022Read the full newsletter\n----\nWelcome to the sixth issue of Movement Strategy and Governance News! This revamped newsletter distributes relevant news and events about the Movement Charter, Universal Code of Conduct, Movement Strategy Implementation grants, Board of trustees elections and other relevant MSG topics.\nThis Newsletter will be distributed quarterly, while the more frequent Updates will also be delivered weekly. Please remember to subscribe here if you would like to receive future issues of this newsletter.\n*Leadership Development - A Working Group is Forming! - The application to join the Leadership Development Working Group closed on April 10th, 2022, and up to 12 community members will be selected to participate in the working group. (continue reading)\n*Universal Code of Conduct Ratification Results are out! - The global decision process on the enforcement of the UCoC via SecurePoll was held from 7 to 21 March. Over 2,300 eligible voters from at least 128 different home projects submitted their opinions and comments. (continue reading)\n*Movement Discussions on Hubs - The Global Conversation event on Regional and Thematic Hubs was held on Saturday, March 12, and was attended by 84 diverse Wikimedians from across the movement. (continue reading)\n*Movement Strategy Grants Remain Open! - Since the start of the year, six proposals with a total value of about $80,000 USD have been approved. Do you have a movement strategy project idea? Reach out to us! (continue reading)\n*The Movement Charter Drafting Committee is All Set! - The Committee of fifteen members which was elected in October 2021, has agreed on the essential values and methods for its work, and has started to create the outline of the Movement Charter draft. (continue reading)\n*Introducing Movement Strategy Weekly - Contribute and Subscribe! - The MSG team have just launched the updates portal, which is connected to the various Movement Strategy pages on Meta-wiki. Subscriber to get up-to-date news about the various ongoing projects. (continue reading)\n*Diff Blogs - Check out the most recent publications about Movement Strategy on Wikimedia Diff. (continue reading)\nСо почит\n--BPipal (WMF) (разговор) 18:02, 13 април 2022 (CEST)", "subject": ["Викиизвор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9F%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BB_%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 7043, "cyrillic": 0.106}
{"id": "3053", "title": "Викиизвор:Вашата прва статија", "text": "Добре дојдовте на Викиизвор! Ова е водич за некои работи кои треба да ги знаете пред да ја создадете Вашата прва енциклопедиска статија. Ние ќе објасниме што е ОК, а што НЕ при пишувањето на една статија, а потоа ќе Ви покажеме како да ја создадете Вашата статија. Еве ви неколку попатни совети:\n#Мора да сте регистриран корисник за да создадете нова статија. Анонимните (нерeгистрирани) корисници можат да побараат да им се создаде нова статија на страницата за помош за нови уредувачи. Можете да се регистрирате , а да прочитате повеќе за регистрирањето овде.\n#Обидете се да ги уредувате веќе постоечките статии за да го почувствувате стилот на пишување и јазикот за форматирање на текстот кој Викиизвор го користи. При рака можете да ја имате помошнава табела со најосновните команди за форматирање.\n#Најпрвин пребарајте ја Викиизвор за да се осигурате дека статијата за темата моментално ''не постои'' (можеби под некој друг наслов). Ако статијата веќе постои, слободно правете конструктивни уредувања кои сметате дека се потребни.\n#Собирајте користена литература (референци) која ќе ја користите и како извор(и) за Вашите информации и како доказ за значајноста на темата (зошто таа заслужува сопствена енциклопедиска статија);\n#Размислете најпрвин за создавање на статијата во Вашиот именски простор. Како регистриран корисник имате право на сопствен кориснички простор. Можете да ја започнете новата статија таму, во нова потстраница (како за пример, следете ја врскава: Специјални:МојаСтраница/ТестСтатија и овде создадете ја Вашата експериментална статија). Овде можете да ја оформите, да си земете доволно време и да побарате од други уредувачи помош за работење врз неа, а потоа само да ја преместите „во живо“ на Викиизвор кога таа е спремна.\n:''Запомнете дека статијата која ќе ја создадете ќе биде брзо избришана ако е неприфатлива. Волонтерите на Викиизвор ги патролираат новосоздадените статии веднаш по нивното зачувување.'':*Статии кои не ја докажуваат својата значајност преку цитирање на веродостојни издадени извори имаат голема шанса да бидат избришани.\n:*Не создавајте страници за себеси, Вашата компанија, Вашиот бенд или Вашите пријатели (вистински или измислени!), страници кои рекламираат (спам), лични есеи, буквални копии на проектни задачи, лични истражувања или други статии кои не би ги пронашле во една енциклопедија.\n:*Бидете внимателни за следново: копирање на текстови од други места (=плагијаторство), контроверзен материјал, екстремно кратки статии (на пример, само 1 реченица) и статии од локален интерес.\n1 Пребарајте за веќе постоечка статија\nВикиизвор веќе има многу статии. Пред да создадете статија, проверете да не постои веќе статија на истата тема, но со малку различно име (овде можете да проверите), а запознајте се и со конвенциите за именување на Викиизвор. Ако постои статија на Вашата тема, но мислите дека луѓето полесно би ја наоѓале под различен наслов, научете како да додадете пренасочување со тоа име; додавањето на пренасочувања е добар начин да се помогне на Викиизвор.\nАко пребарувањето не даде резултати за Вашата статија, размислете за проширување на Вашето пребарување кон постоечки статии кои можат да ја содржат темата на Вашата статија. На пример, ако сакате да напишете статија за член на некоја музичка група, можете да пребарате за статијата на музичката група и тогаш да ги додадете информациите за Вашата тема кон таа поширока статија.\n2 Собирање на извори\nСобирајте извори за информациите во Вашата статија. За да биде една тема заслужна за сопствена енциклопедиска статија, таа треба да биде доволно значајна, а таа значајност мора да биде проверлива преку референци до веродостојни извори.\nОвие извори мора да бидат веродостојни, то ест, тие мора да бидат извори кои произлегуваат од под некаква форма на уредничка контрола. Печатените извори (и интернет-базираните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, иако и многу извори кои се само ограничени на интернет се исто така веродостојни. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор.\nОпшто, извори БЕЗ контрола од уредници се општо неверодостојни. Овде се вклучуваат (но не се ограничени само на): блогови, мрежни форуми, обожавателски мрежни места, книги издадени од непроверени издаваштва и други слични извори. Општо, ако секој може да објави информација без никој друг да ја проверува и рецензира таа информација, тогаш тој извор е најверојатно неверодостоен.\nЕдноставно кажано, ако има веродостојни извори со доволно информации за да се пишува на одредена тема, тогаш таа тема е значајна и тие извори можат да ги верифицираат информациите во статијата на Викиизвор. Ако не можете да најдете веродостојни извори (весници, книги, журнали) кои овозможуваат информации за статија, тогаш темата не е значајна или проверлива и како таква со сигурност ќе биде избришана. Затоа Вашата прва работа е да пронајдете референци.\nОткако ќе пронајдете референци за Вашата статија, можете да научите како да ги поставувате референците во статиите преку читање на Викиизвор:Цитирање извори. Но, не грижете се премногу за нивното правилно форматирање. Би било супер доколку го направите тоа, но главната работа е да ставите референци во статијата, дури и ако не се добро форматирани.\n3 Што да одбегнувате\n; Статии за себеси, за пријатели, Вашето мрежно место, бендот во кој членувате, Вашата учителка, зборчето што сте го измислиле или приказната која сте ја напишале: Aко Вие сте значајни за вклучување во една енциклопедија, дозволете некој друг да додаде статија за Вас. Вметнувањето на Вашите пријатели во една енциклопедија може да изгледа како интересно изненадување или добра шега, но ваквите статии најверојатно ќе бидат отстранети. Во овој процес, нечии емоции можат да бидат повредени и можете да бидете блокирани од уредување ако континуирано правите обиди да ја одново создадете статијата. Овие работи можат да бидат лесно избегнати со употреба на малку здрав разум од Ваша страна.\n; Незначајни теми : Луѓето честопати додаваат страници на Викиизвор без да размислат дали темата е навистина доволно значајна за да влезе во една енциклопедија. Бидејќи Викиизвор нема просторни ограничености во споредба со конвенционалните печатени енциклопедии, нашите принципи и напатствија за значајност дозволуваат постоење на широк опсег на статии. Сепак, тие не дозволуваат ''секоја'' тема да биде вклучена. Доста чест специјален случај на ова се страниците за луѓе, компании или групи на луѓе кои не ја докажуваат значајноста или важноста на нивната тема. Затоа имаме одлучено ваквите страници да бидат брзо избришани под нашите критериуми за брзо бришење. Ова може да биде навредливо — затоа ''Ве молиме'' размислете дали Вашата избрана тема е доволно значајна за Викиизвор, или докажете ја значајноста или важноста на темата на Вашата статија ако сметате дека не е доволно позната или значајна. Викиизвор не е база на податоци на сè што постои на светот.\n; Рекламирање/Спам : Ве молиме не обидувајте се да го промовирате Вашиот бизнис или продукт. Ве молиме не внесувајте надворешни врски до Вашето комерцијално мрежно место освен ако некоја друга неутрална страна не процени дека врската навистина припаѓа во статијата; ние имаме статии за продукти како цигарите ''Данхил'' или за значајни бизниси како Интел, но ако пишувате за некој продукт или бизнис, тогаш пишувајте од неутрална гледна точка, немајте конфликт на интереси со тоа што сте директно поврзани со продуктот или бизнисот и бидете сигурни дека можете да најдете референци во веродостојни извори кои се независни од темата за која пишувате.\n; Лични есеи или оригинални истражувања : Викиизвор го опфаќа ''постоечкото'' човеково знаење; таа не е место за издавање на нови дела. Не пишувајте статии кои ги презентираат Вашите оригинални теории, мислења или увиди ''дури'' и ако можете да ги поддржите со референца до некое потврдено дело. Честа грешка е да се прикаже нова синтеза на идеи во една статија. Запомнете: само затоа што и Факт А и Факт Б се точни, не значи дека А го предизвикало Б или обратно. Ако ова е точно, тогаш веродостојни извори ќе ја покажат врската и Вие треба да ги цитирате тие извори.\n; Единствена реченица или само врска до мрежно место: Статиите треба да имаат своја сопствена содржина.\n4 Како да создадете страница\nСамо најавени корисници можат да создадат статија. Ако имате напишано статија, но немате корисничка сметка, можете да побарате Вашата статија да биде создадена на страницата за помош за нови корисници.\nВо кутијата за пребарување подолу внесете го името на Вашата статија и стиснете „Оди“. Користете кирилица! Ако страница за пребарување Ви репортира дека „Не постои страница со таков наслов“, тогаш стиснете на црвената врска „Создадете ја страницата“ за да почнете да ја уредувате Вашата статија.\nПрвата работа што треба да ја напишете во Вашата статија е листа на извори за Вашите информации. За сега, само внесете ги вака (и тие автоматски ќе бидат претворени во врски):\n:(1)\n:(2)\nПодоцна ќе научите да ги форматирате за да се прикажуваат како фусноти.\nАко знаете дека ќе Ви требаа неколку уредувања за правилно да ги наведете референците, ставете го шаблонот <code></code> на врвот од страницата за да знаат другите уредувачи дека работите на неа. Уште подобро е да ја создадете статијата во потстраница на Вашата корисничка страница, полека развијте ја во добра статија, а потоа само преместете ја во страницата под наслов за статијата во именскиот простор за статии. Можете да создадете своја сопствена страница за вежбање преку кликнување на оваа врска.\nОткако го ќе го внесете текстот на статијата, стиснете „Прикажи преглед“ за да проверите дали имате грешки, а потоа стиснете „Зачувај страница“.\n''Дали е нова?''Внесете го насловот, а потоа стиснете „Оди (пробај наслов)“\n5 Потоа што?\nСега откако ја создадовте страницата, сè уште постојат неколку работи кои можете да ги направите.\n5.1 Продолжете да правете подобрувања\nВикиизвор не е завршена. Општо, статијата не е ниту близу до завршена во моментот кога е создадена. Претстои долг пат пред неа. Всушност, ѝ требаат само неколку уредувања за да го почне тој пат.\nАко имате многу интерес во статијата која штотуку ја создадовте, можете да научите многу за неа во иднината, и со тоа, да имате повеќе да додадете. Ова може да биде додадено денес, утре или неколку месеци од сега. Во било кое време, само напред!\n5.2 Подобрете го форматирањето\nЗа да ја форматирате Вашата статија правилно (и да ја проширите, дури и да ја направите избрана!), видете ги следниве врски:\n*Викиизвор:Почетен курс за да научите како да ја форматирате статијата\n*Викиизвор:Како да уредам страница, подетален водич за форматирање\n*Викиизвор:Прирачник за стилот\n*Викиизвор:Помошна табела, најважното од вики-синтаксата во една табела\nДругите можат слободно да придонесуваат кон статијата откако таа е зачувана. Создавачот нема специјални права за контролирање на претходната содржина. Откако ќе ја создадете статијата, ''не можете'' да кажете дека таа е ''ВАША СТАТИЈА''. Напротив, таа, како и целата содржина на Викиизвор, е слободна и припаѓа секому. Затоа ''секој'' може да ја изменува. Немојте да бидете фрустрирани или навредени за начинот на кој останатите ги изменуваат или отстрануваат Вашите придонеси.", "subject": ["Викиизвор:Како-да", "Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%92%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 1770, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3141", "title": "Еј, Словени", "text": "1 Текст\n1.1 Словачки јазик[уреди]\nHej, Slováci! ešte naša\nslovenská reč žije,\ndokiaľ naše verné srdce\nza náš národ bije:\nžije, žije duch slovenský,\nbude žiť na veky,\nhrom a peklo! márne vaše\nproti nám sú vzteky!\nJazyka dar zveril nám Boh,\nBoh náš hromovládny,\nnesmie nám ho teda vyrvať\nna tom svete žiadny:\ni nechže je koľko ľudí,\ntoľko čertov v svete,\nBoh je s nami, kto proti nám,\ntoho parom zmetie.\nI nechže sa aj nad nami\nhrozná búra vznesie,\nskala puká, dub sa láme\na zem nech sa trasie:\nMy stojíme stále pevne,\nako múry hradné –\nčirena zem pohltí toho,\nkto dostúpi zradne!\n|\n1.2 Македонски јазик[уреди]\nЕј, Словени, жив е тука\nзборот свет на родот,\nштом за народ срце чука\nпреку син во внукот!\nЖив е вечно, жив е духот\nсловенски во слога.\nНе нè плашат адски бездни\nниту громов оган!\nПустошејќи, нека бура\nи над нас сè втурне.\nПука даб и карпа сура,\nтлото ќе се урне!\nСтоиме на стамен-прагот\n- клисури и бедем.\nПроклет да е тој што предал\nРодина на врагот!\n|}\n1.3 Српски јазик[уреди]\nХеј, Словени, јоште живи\nДух наших дедова,\nДок за народ срце бије\nЊихових синова .\nЖиви, живи, дух словенски\nЖивећеш веков'ма.\nЗалуд прети понор пакла,\nЗалуд ватра грома!\nНек' се сада и над нама\nБуром све разнесе,\nСтена пуца, дуб се лама,\nЗемља нек' се тресе.\nМи стојимо постојано\nКано клисурине.\nПроклет био издајица\nСвоје домовине!\n|\n1.4 Xрватски јазик[уреди]\nHej Slaveni, jošte živi\nRiječ naših djedova,\nDok za narod srce bije\nNjihovih sinova.\nŽivi, živi duh slavenski\nŽivjet će vjekov'ma.\nZalud prijeti ponor pakla\nZalud vatra groma!\nNek se sada i nad nama\nBurom sve raznese,\nStijena puca, dub se lama,\nZemlja nek se trese.\nMi stojimo postojano\nKano klisurine.\nProklet bio izdajica\nSvoje domovine!\n|\n1.5 Словенечки јазик[уреди]\nHej Slovani, naša reč\nslovanska živo klije,\ndokler naše verno srce\nza naš narod bije.\nŽivi, živi, duh slovanski,\nbodi živ na veke,\ngrom in peklo, prazne vaše\nproti nam so steke!\nNaj tedaj nad nami\nstrašna burja se le znese,\nskala poka, dob se lomi,\nzemlja naj se strese.\nBratje, mi stojimo trdno\nkakor zidi grada,\nčrna zemlja naj pogrezne\ntega, kdor odpada!\n|}", "subject": ["Југославија", "Национални химни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%98%2C_%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8", "word_count": 373, "cyrillic": 0.387}
{"id": "3117", "title": "Франце Прешерен/ Сонетен венец", "text": "I\nНов, за Словенецот, поетот венец плете,\nтој сплет е од петнаесет сонети,\nта „магистралот“ на крај што ќе се срети\nскладностите на сите нив ги сплете.\nОд него извира, во него пак е, ете,\nво секој сонет стих од него чети;\nи секој краен стих, стих првен ќе ти вети\nна сонет нов. Поетот таков сплет е.\nСал една љубов мислите ги рои,\nкај да е потем потем тие ноќ да спале,\nсе будат, зората штом плисне лачи свои.\nНа мнојот живот ти си ''магистрале''\nшто мене за о смртта ми го дале;\nал-спомен е на рани мои, на фалби твои.\nII\nАл-спомен е на рани мои, на фалби твои\nшто на Словенецот се гласи во час заден,\nштом мов ми нарасне гробот ладен\nи стивнат еднаш сите болки мои,\nПа, сека мома начулено што стои\nсо слух, за мојте песни гладен,\nод срца низа окови ќе даде\nза да ги цени појќе сите чувства свои.\nЗа Крањецот дни посветли ќе бидат,\nнад сводот ѕвезда нова тој ќе брои,\nќе екнат звуците на песна идна.\nНо, можеби и песната ќе остане да стои,\nбидејќи, таа поезија свидна\nјас знам, од срце ’ркулците ги двои.\nIII\nЈас знам, од срцето ’ркулците ги двои,\nко болката што гори во сека пора;\nсум слилен на поетот, кој Ленора\nЕстијанка, ја опеал со фалби свои.\nИ макар молк врз усниве да стои,\nја смрачи љубов мојта прва зора;\nза надежта немајќи ниту два-три збора\nво песни јас ги реков сите тајни мои.\nИ нема желбата разгорена да стивне,\nпа, ако сум безнадежник, без поглед ветен;\nод уплав јазикот во уста ни да живне.\nГорчината во срцето што гнете\nсо сите тајни ќе ги рече, вивне\nумилното поетско, росно цвете.\nIV\nУмилното поетско, росно цвете\nго сочи тоа в гради што се свива -\nми стана срцето лаг зелен, плодна нива,\nкај љубовта елегии си плете.\nТи сонце си му. Туку што ме смете\nта не те најдов лачу, желбо жива\nв театар, - дали судбата е крива -\nпа, ни на танц, на шедба, каде сиот свет е!\nПоначесто низ град со копнеж шетам\nза те видам , но ти си поштук, ете,\nпа, попусто се мачам да те сретам.\nВ самотија сум расплакан ко дете,\nи венецов што в твоја чест го плетам\nлист не разви во кат кај сонцето на свет е.\n....................................................................\nVI\nИсчекувајќи везден повеј да ги пои,\nод тебе, драга, бездруго ќе мора\nда релам: не чув ниту два-три збора\nво пофалба на тие песни мои.\nшто трпнеа од оние Слоенки, кои\nко тебе, љубеа на германски да зборат.\nбидејќи Парнас мој е сека наша гора,\nда не би презир ваш над нив да стои.\nДомашните пак музи забрава ги зали,\nтагуваат осамени, еџ кутри мои,\nта Крањецот сал туѓото го фали.\nНо, цветов што в поезија се брои,\nшто уште в гори снежен здив го гали,\nјадовите, сред неми спили стои.\nVII\nЈадовите сред неми спили стои,\nбез глас, без моќ, ко в она време, кога\nпри Хем и Родоп Тракијците до нога\nОрфеј ги срази со песна, како воин.\nЕх, кај се, Боже, милостите твои,\nна Крањ синовите ти да ги видиш тогаш,\nи со нив сите Словенци, во слога,\nсо наш Орфеј и многу песни свои.\nДа ни ги стори срцата за домот грижни,\nразмирите за миг сал да ги смете\nи сите Словенци кон единство да ги движи.\nСред таа сласт што песните ги плете,\nда стивне спорот, оти зора ближи\nа виор лут родината ја гнете!\nVIII\nА виор лут родината ја гнете\nод кога, Само, твојот дух го снема\nи твојот гроб забравата го зема\nод твојте внуци, да го корне ветер.\nТатковци ни во кавги чмаат, ете,\nод кога Пипин слобода ни зема,\nод тогаш, пак, без буна ни година нема;\nпри Витовец, при секој турски метеж.\nНо, времето на среќа, слава, мина.\nЗа вредни дела малку кој ли знае.\nИ гласот сладок на песните згина.\nПа, сето што се сочува, што трае,\nна Парнас наш што развива, јас чинам\nпригушено во воздишки и солзи чмае.\nIX\nПригушено во воздишки и солзи чмае\nод мојот Парнас, ова цвете мало,\nшто врели солзи од љубовта ти збрало\nи за родината на таи љубов знае.\nСè мислам како Словенецот да е\nкон мајка си во својта љубов јалов\nи твоето пак срце ни трошка не ѝ дало\nна душава ветување, та надеж да ја сјае.\nСе родија во мене желби тајни:\nсо твојто име моево се сплело\nсе гласат песни домашни и знајни,\nСловенците се впрегнале на дело,\nкон среќата, кон дбите идни, сјајни...\nРазјадено од болки е, та затоа и свело.\n....................................................................\n....................................................................\nXII\nМолченката ќе венее ли време цело\nи слабечко и ретко ќе се свива -\nкрај ѕидот урнат запустено ќе бива,\nно, сепак, в лас ќе никне, тоа свело.\nна кого жарка коприва му суши тело,\nи го пригушува во корен треба дива;\nго пресади ли некој в цветна нива\nвеселнички ќе крене тогаш чело.\nКрај тебе така немаше да свене,\nна твојто сонце лачот да ја сјаел\nо, кралице, знај, сека песка в мене.\nТи ако сакаш цветево да трае\nи глаа развеселено да крене,\nиспрати му со поглед лачи, па ќе знае!\n....................................................................\nXIV\nЦвет нов порадосно да никне и да треа,\nко секој цвет што мине зима луда\nи пролетта ги сипе својте чуда\nниз поле, како волшебница да е,\nи пчелите ги викне зракот сјаен,\nи овчар подрани на вршка руда,\nи в сладок пој славеите се будат...\nЕк, радост, радост! Кој број ќе ѝ знае!\nЗнам дека не сум, дека не сум среќен!\nСтрав дека песниве се здодевни, о, дете,\nво себе кријам, долго, долго, веќе.\nДај нека твоја милост бар ги чете\nсал песниве од кои како цвете\nнов, за Словенецот, поетот венец плете.\nМагистрал\nНов, за Совенецот, поетот венец плете,\nАл-спомен е на рани, мој, на фалби твои.\nЈас знам, од срцето 'ркулците ги двои\nУмилното поетско, росно цвете.\nЛист не разви во кат, кај сонцето на свет е,\nИскачувајќи везден повеј да го пои,\nЈадовито, сред неми спили стои\nА виор лут родината ја гнете.\nПригушено во воздишки и солзи чмае,\nРазјадено до болки е, та затоа и свело\nИ време зло од силите му зело.\nМолченката ќе внесе ли време цело!\nИспрати му со поглед лачи, па ќе знае\nЦвет нов порадосно да никне и да трае.\n--- ''Франце Прешерен''\n1 Наводи\n*''Гане Тодоровски, Примери од литературата, Скопје, 1993.''", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%A1%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%86", "word_count": 1064, "cyrillic": 0.991}
{"id": "3144", "title": "Прв правилник на Македонската револуционерна организација", "text": "1 Глава I, СОСТАВ, УСТРОЈСТВО И ДОЛЖНОСТИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНИТЕ КОМИТЕТИ\nЦК и управните тела на месните комитети се состојат од претседател, секретар, касиер и неколку советници.\nЧленовите на ЦК се изборни. Тие се бираат секоја година со мнозинство гласови од раководителите на окружните комитети или нивните полномошници.\nЗа време на избори за ЦК се определува и неговото седиште, кое било познато само на раководителите на окружните комитети.\nалеја 5, ЦК одржува контакти со надворешни македонски револуционерни комитети, доколку такви има, и во договор со нив и со окружните комитети го прогласува денот на востанието, го утврдува планот на дејство, го раководи движењето директно или преку посебна комисија формирана од него во договор со наворешните комитети.\n2 Глава II, ДОЛЖНОСТИ НА УПРАВНИТЕ ТЕЛА НА МЕСНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ КОМИТЕТИ\nЧленовите на управните тела носат еднаква одговорност во извршувањето на задчите.\nПотчинетите комитети на ЦК, на крајот од секој месец биле должни да поднесат извештај за извршените работи и за положбата во својот реон. На крајот од годината треба да поднесаат детален извештај.\nМесните комитети немаат право да стапуваат во контакт со надворешни комитети без согласност на ЦК, исклучок преставуваат соседните комитети и тоа за ненадејни работи кои неможе да се одложат но мора да го известат ЦК.\n3 Глава III, ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА УПРАВНИТЕ ТЕЛА\nНајнизок раководен орган се началниците на групите, во овој член биле регулирани нивните права и обврски\n4 Глава IV, ДОЛЖНОСТИ НА НАЧАЛНИЦИТЕ НА ГРУПИТЕ\nНови членови во групата биле примани со препорака на постар член и дозвола на раководителот.\nЗаклетвата.\nНовите кандидати биле сондирани со револуционерна литература и разговори за состојбата во земјата и можните идни дејства.\nСекој член бил должен да плаќа членски внос, зависно од неговата положба и да се грижи за набавката на сопственото оружје.\nСекој член ги знае само другарите и членовите на неговата група... Работниците треба да бидаат трезвени, чесни. Тајни и непоткупливи, тие не треба да пијат ниту да зборуваат некому што било за револуционерното дело, не исклучувајки ги и блиските пријатели, домашните и роднините. Тие кон никого не смеаат да имаат заканувачко држење, и систематски треба да избегнуваат се што може да создаде сомнеж кај луѓето дека се членови на Комитетот. На работниците им се забранува пеење на патриотски песни и изливи на патритски чуства, не само пред луѓето неодредени он делото туку и пред другарите пред делото.\nНиеден работник не смее да се откаже од извршување на било каква задача која му е поставена од организацијата.\nЗа се што ќе разбераат за делото, членовите биле должни да ги известат своите началници.\nКомитетот има обврска да ги помага своите членови кои при извршувањето на задачите се најдат во непријатна положба.\nЧленовите се должни да се помагаат меѓу себе.\nЧленовите на организацијата без знаење на својот раководител и самоиницијативно не смееле да преземаат било каква задача, во спротивно се казнувало, особено ако е штетно по делото.\nЧленовите на организацијата не смееле да го напаѓаат управното тело, и воопшто делото, таквите се сметале за пакосници.\nКоресподенцијата се вршела со хемиско мастило и шифри.\nШифрите ги знаеле само претседателот и секретарот на управното тело.\nТајната полиција се состои од две оделенија, истражно и казанено. На чело на двете оделенија стоеле по еден раководител кои биле поставувани од раководителот на комитетот. Раководителот на истражното оделение поставувал 3 помошници кои не се познавале меѓу себе.\nЗадача на истражната полиција е да го следи поведението на своите ечленови но и на христијанското и муслиманско население и да ја прати активноста на јавната и тајната османска полиција и да го известува својот комитет.\nРаководителот на казненото оделение дава заклетва пред раководеителот на комитетот, а неговите тријца помошници даваат заклетва пред него.\nЗадача на казнената полиција е да ги спроведува казните кон сите кој му наштетиле на делото.\nТерористите и членовите на тајната полиција биле вооружени со револвер и кама, а во акција со два револвера.\nИзвршителите на казните биле бирани со ждрепка.\nСе однесува на смртните казни, За да се изврши смртна казна требало дозвла од ЦК.\nСмртната казна можела да биде извршена и од специјално пратеништво на ЦК.\nОбичните членови требало да бидаат воружени со пушка, а таму каде што можело и со кама и револвер.\nМеѓу другото било предвидено пари да се собираат и со закани и заплашувања на лица кои можаат да го помогнаат делото, а не сакаат.\nЗа остапената сума на пари се дава Расписка.\nЦентралниот комитет имал право да побара третина од парите заедно со сметките но и останатите пари ако има потреба за тоа.\n5 Референци", "subject": ["Историја на македонскиот народ", "Документи за македонската историја и самобитност", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 745, "cyrillic": 0.995}
{"id": "2985", "title": "Прво писмо од апостол Јован", "text": "= Глава 1 =\n1 Вовед\n<sup>1</sup>Ви пишуваме за Исус Христос, Зборот на животот, Оној што постои уште од самиот почеток. Со свои уши Го слушнавме, со свои очи Го видовме, со свои раце Го допревме.\n<sup>2</sup>Оној што дава живот се појави! Го видовме и подготвени сме да ви сведочиме за тоа. Сакаме да ви кажеме за овој вечен Живот што беше со Небесниот Татко и се појави пред нас.\n<sup>3</sup>Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос.\n<sup>4</sup>Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.\n2 Бог е светлина. Да живееме во светлина.\n<sup>5</sup>Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина.\n<sup>6</sup>Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината.\n<sup>7</sup>Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус ќе нѐ очистува од секој грев.\n<sup>8</sup>Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.\n<sup>9</sup>Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе нѐ исчисти од сета неправедност.\n<sup>10</sup>Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.\n= Глава 2 =\n3 Христос се застапува за нас\n<sup>1</sup>Чеда Божји, ова ви го пишувам за да не грешите. Но, ако некој од вас направи грев, Го имаме праведниот Исус Христос, Кој се застапува за нас пред Небесниот Татко.\n<sup>2</sup>Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.\n4 Одлики на Божјите луѓе\n<sup>3</sup>По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди!\n<sup>4</sup>Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него.\n<sup>5</sup>Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе.\n<sup>6</sup>Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.\n<sup>7</sup>Драги мои, јас не ви пишувам за да ви дадам некаква нова заповед. Ова е стара заповед што ви беше дадена уште од самиот почеток. Таа стара заповед - да имаме љубов еден спрема друг - е истата порака што ја чувте отпорано.\n<sup>8</sup>Сепак, таа заповед на некој начин е и нова, зашто нејзината вистинска смисла може да се согледа дури сега во Исус и во вас. Погледнете, темнината исчезнува, а вистинската светлина веќе свети!\n<sup>9</sup>Оној што тврди дека е на страната на светлината, а ги мрази другите христијани, тој сѐ уште е на страната на темнината.\n<sup>10</sup>Оној што ги сака другите христијани, навистина живее во светлината и кај него нема ништо што би можело некого да наведе на грев.\n<sup>11</sup>Оној што ги мрази другите христијани е на страната на темнината, низ црна темнина оди и не знае каде ќе стигне, зашто темнината му ги заслепува очите.\n<sup>12</sup>Ви пишувам вам, чеда Божји,\nбидејќи вашите гревови се простени\nблагодарејќи Му на Исус Христос.\n<sup>13</sup>Ви пишувам вам, родители,\nбидејќи вие Го знаете Христос,\nОној што постои уште од самиот почеток.\nВи пишувам вам, млади луѓе,\nбидејќи ја добивте битката против Злиот.\n<sup>14</sup>Ви напишав вам, деца,\nбидејќи вие Го спознавте Таткото.\nВи напишав вам, родители,\nбидејќи вие Го знаете Христос,\nОној што постои уште од самиот почеток.\nВи напишав вам, млади луѓе,\nвие сте силни, зашто\nБожјото Слово живее во вас\nи вие ја добивте битката против Злиот.\n<sup>15</sup>Немојте да го сакате овој свет и она што тој ви го нуди, зашто ако го сакате овој свет, во вас нема љубов спрема Небесниот Татко.\n<sup>16</sup>Тоа што го нуди светот: телесните похоти, желбата да се има сѐ што ќе се види, гордоста заради богатството што се поседува - не е од Небесниот Татко, туку од овој свет.\n<sup>17</sup>А овој свет и световните похоти се минливи; само оној што ја исполнува Божјата волја останува вечно.\n5 Антихристи\n<sup>18</sup>Чеда Божји, се одигрува последниот час! Сте слушнале дека ќе дојде Антихристот, но веќе сега има многу антихристи и по тоа знаеме дека настапува последната епоха.\n<sup>19</sup>Тие луѓе излегоа од нас, но никогаш не беа навистина дел од нас. Да беа навистина дел од нас, со нас и ќе останеа. Напуштајќи нѐ, тие покажаа дека ниту еден од нив не бил дел од нас.\n<sup>20</sup>Но вие сте просветлени од Светиот Дух и сѐ ви е јасно.\n<sup>21</sup>Не ви пушувам како да не ја знаете вистината, туку затоа што ја знаете и знаете дека од вистината не може да произлезе никаква лага.\n<sup>22</sup>Значи кој е лажливец? Секој што тврди дека Исус не е Месијата! Тие луѓе се антихристи и не Го прифаќаат ниту Небесниот Татко, ниту Синот - Исус.\n<sup>23</sup>Секој што не го прифаќа Синот покажува дека не го прифаќа ни Таткото. А секој што го признава Синот во исто време Го признава и Таткото.\n<sup>24</sup>Вие, пак, придржувајте се до тоа што го слушнавте на почетокот. Ако се придржувате до тоа што го чувте од почетокот, ќе бидете во единство со Синот и со Таткото.\n<sup>25</sup>А Тој ни вети вечен живот.\n<sup>26</sup>Ова ви го пишувам зашто има луѓе што се обидуваат да ве заведат.\n<sup>27</sup>Што се однесува до вас, вие сте просветлени од Светиот Дух и, сѐ додека Тој Дух живее во вас, нема потреба никој да ве учи за тоа што е вистина, а што не. Светиот Дух ве учи за сѐ, и сѐ што Тој ве учи е вистина, а не лага. Држете се до Него и до она што Тој ве научи.\n6 Христијаните се Божји деца\n<sup>28</sup>А сега, чеда Божји, останете во единство со Христос, за да не се посрамиме при Неговото повторно доаѓање, туку да излеземе пред Него со крената глава.\n<sup>29</sup>Знаете дека Исус е праведен, затоа треба да знаете дека секој што постапува праведно е Божјо дете.\n= Глава 3 =\n7 Како треба да живеат Божјите луѓе\n<sup>1</sup>Погледнете колкава голема љубов покажа Небесниот Татко спрема нас! Тој толку многу нѐ засака, што нѐ прифати како Свои деца и ние сега навистина сме Божји деца! Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не нѐ препознаваат како Божји деца.\n<sup>2</sup>Драги мои, ние веќе сега сме Божји деца, но не можеме ни да си замислиме што ќе станеме допрва! Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е.\n<sup>3</sup>Секој што ја положил својата надеж во Него, ќе се пази да остане чист, токму како што и Христос е чист.\n<sup>4</sup>Секој што прави грев, го прекршува Божјиот закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на законот.\n<sup>5</sup>Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови. Во Него грев нема,\n<sup>6</sup>па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши. Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!\n<sup>7</sup>Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус.\n<sup>8</sup>А оној што продолжува да греши е на страната на ѓаволот, зашто ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави ѓаволот.\n<sup>9</sup>Тој што е препородено Божјо дете, нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо дете и не може да продолжи да греши.\n<sup>10</sup>Постои јасна разлика меѓу Божјите деца и децата на ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо дете.\n8 Да се сакаме еден со друг\n<sup>11</sup>Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг.\n<sup>12</sup>Да не бидеме како Каин, кој застана на страната на Злиот и го уби сопствениот брат. Зошто го уби? Бидејќи она што го правеше Каин беше погрешно, а она што го правеше неговиот брат беше правилно.\n<sup>13</sup>Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!\n<sup>14</sup>Ако ние, христијаните, се сакаме еден со друг, тоа докажува дека сме преминале од смрт во вечен живот. Оној што не ги сака другите христијани, сѐ уште е во стегите на смртта.\n<sup>15</sup>Секој што мрази некој од христијаните е убиец, а вие знаете дека ниту еден убиец во себе нема вечен живот.\n<sup>16</sup>Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов. Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани.\n<sup>17</sup>Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне?\n<sup>18</sup>Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот.\n<sup>19</sup>Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината, и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог.\n<sup>20</sup>Па и кога нашата совест нѐ обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае сѐ.\n<sup>21</sup>Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност.\n<sup>22</sup>Сѐ што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја.\n<sup>23</sup>А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг. Така ни заповеда и Исус.\n<sup>24</sup>Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив. Како знаеме дека Бог живее во нас? Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.\n= Глава 4 =\n9 Вистинскиот и лажниот дух\n<sup>1</sup>Драги мои, не верувајте му на секој што тврди дека во себе го има Божјиот Дух. Проверувајте дали духот што е во нив е од Бога, бидејќи по светот се појавија многу лажни пророци.\n<sup>2</sup>Вака ќе проверите дали некој во себе го има Божјиот Дух: ако проповеда дека Исус Христос дојде во човечко тело, тој е од Бога.\n<sup>3</sup>Секој што не Му оддава признание на Исус, не е од Бога, туку е од Антихристот. За Антихристот сте слушнале дека ќе дојде. Тој е веќе присутен во светот.\n<sup>4</sup>Чеда мои, вие Му припаѓате на Бог и веќе ги победивте овие непријатели. Божјиот Дух што е во вас е посилен од духот што е во световните луѓе.\n<sup>5</sup>Тие луѓе му припаѓаат на овој свет. Световно зборуваат и светот ги слуша.\n<sup>6</sup>Ние, пак, Му припаѓаме на Бог. Тие што Го знаат Бога, нѐ слушаат, а тие што не се на Божја страна, не нѐ слушаат. Така распознаваме дали некој е со Духот на вистината или со духот на заблудата.\n10 Бог е изворот на љубовта\n<sup>7</sup>Драги мои, треба да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта доаѓа од Бог. Секој што ги сака луѓето докажува дека е Божјо дете и дека Го познава Бога.\n<sup>8</sup>Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов.\n<sup>9</sup>Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него.\n<sup>10</sup>Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас нѐ сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.\n<sup>11</sup>Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.\n<sup>12</sup>Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас.\n<sup>13</sup>Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас.\n<sup>14</sup>Со свои очи видовме и им сведочиме на луѓето дека Небесниот Татко Го испрати Синот, Исус, да биде Спасител за светот.\n<sup>15</sup>Секој што го прифаќа Исуса како Божји Син, го има Бога во себе, а и тој е во Бога.\n<sup>16</sup>Сега знаеме колку многу Бог нѐ сака и имаме доверба во Него.\nБог е љубов! Секој што ги сака луѓето е во единство со Бога, а и Бог е во него.\n<sup>17</sup>Ако искрено се сакаме и ако живееме онака како што живееше Исус, нема причина да се плашиме од Судниот ден.\n<sup>18</sup>Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов.\n<sup>19</sup>Ние возвраќаме со љубов, зашто Бог прв нѐ засака.\n<sup>20</sup>Ако некој тврди дека има љубов спрема Бог, а мрази некој од христијаните, тој е лажливец. Ако не ги сака христијаните, кои му се пред очи, како ќе може да Го сака Бога, Кого не Го има видено?\n<sup>21</sup>Христос ни даде ваква заповед: Тој што Го сака Бога, треба да ги сака и христијаните околу себе.\n= Глава 5 =\n11 Верата победува\n<sup>1</sup>Секој што верува дека Исус е Месијата, е препородено Божјо дете. Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите деца.\n<sup>2</sup>По што знаеме дека ги сакаме Божјите деца? По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди.\n<sup>3</sup>Да Го сакаме Бог значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме.\n<sup>4</sup>Секој што е препородено Божјо дете може да надвладее против светот. Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос.\n<sup>5</sup>Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!?\n12 Тројно сведоштво за Исус\n<sup>6</sup>Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот. Не само преку вода, туку преку вода и крв. Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува.\n<sup>7</sup>Значи постојат тројца сведоци:\n<sup>8</sup>Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат.\n<sup>9</sup>Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син.\n<sup>10</sup>Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син.\n<sup>11</sup>Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син.\n<sup>12</sup>Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот.\n13 Одговор на молитви\n<бр ''> <sup>13</sup>Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.\n<sup>14</sup>Заради тоа ние имаме доверба во Бог и знаеме дека кога молиме нешто што е во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го исполни.\n<sup>15</sup>Знаеме дека кога се молиме Тој нѐ слуша и сигурни сме дека на нашите молитви ќе добиеме одговор.\n<sup>16</sup>Ако некој од вас гледа дека некој христијанин прави грев што не е за смрт, нека се помоли и Бог ќе му даде живот на оној што згрешил. Ова се однесува на гревови што не се смртоносни. Постои и смртоносен грев и јас не велам дека треба да се молите за оние што го извршиле тој грев.\n<sup>17</sup>Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен.\n<sup>18</sup>Знаеме дека ниедно Божјо дете не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син го чува и ѓаволот не може да допре до него.\n<sup>19</sup>Ние, христијаните, знаеме дека потекнуваме од Бог, а световните луѓе се под власта на ѓаволот.\n<sup>20</sup>Знаеме и дека Божјиот Син дојде и ни даде разум за да Го препознаеме вистинскиот Бог. Затоа ние сме во единство со вистинскиот Бог и со Неговиот Син, Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог, Тој е вечниот живот.\n<sup>21</sup>Чеда Божји, чувајте се од идоли!\nЗабелешки:\nar:الكتاب المقدس\nbs:Biblija\ncs:Bible\ncy:Beibl\nde:Bibel\nel:ءمكل أٌلِق\nes:Biblia\nfr:La Bible\nhe:ביבליה\nhr:Biblija\nit:Sacra Bibbia\nla:Biblia Sacra\nml:ബൈബിള്‍\npl:Biblia Gdaסska\npt:Bםblia\nro:Biblia\nru:ֱטבכט\nsl:Sveto pismo\nsr:ׁגועמ ןטסלמ\nsv:Bibeln 1917\nth:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ\ntr:İncil\nuk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD", "word_count": 2687, "cyrillic": 0.976}
{"id": "3096", "title": "Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - ЗЈН / Општи одредби", "text": "(1) Со овој закон се уредува начинот и постапката за вршење на јавни набавки кај:\n:* органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа;\n:* правните лица основани за специфична намена за задоволување на потребите од јавен интерес, што немаат стопански или профитен карактер, и кои, во најголем дел, се финансирани од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа или се подложни на контрола на работењето од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа или во кои повеќето од половината членови на управниот, надзорниот или друг орган се именувани од страна на органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа;\n:* јавните претпријатија, акционерските друштва и друштва со ограничена одговорност во кои државата или единиците на локалната самоуправа имаат доминантно директно или индиректно влијание преку сопственост над нив, односно ако поседуваат поголем дел од капиталот на друштвото, имаат мнозинство на гласовите на акционерите и именуваат повеќе од половина од членовите од управниот или надзорниот одбор на претпријатието и друштвото;\n:* здруженија на граѓани и фондации на кои со закон им се дадени јавни овластувања.\n(2) Со овој закон се уредуваат и посебниот начин и постапки за вршење на јавни набавки кај правните лица кои вршат една или повеќе дејности, во областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот, телекомуникациите, комуналните услуги или јавните претпријатија, врз основа на специјални или ексклузивни права доделени од надлежни органи на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа согласно со закон.\n(3) Списоците на субјектите од став 1 и став 2 на овој член ги утврдува министерот за финансии. 1 “Службен весник на Република Македонија” бр. 19/2004 2\n(4) Овој закон се однесува и на правните лица-инвеститори кои добиле директни или индиректни субвенции за извршување на набавки во врска со работи во износ поголем од 50% од вредноста на работите од субјектите од став 1 на овој член.\n(5) Со овој закон се основа и се утврдуваат надлежностите на Бирото за јавни набавки (во натамошниот текст: Биро).\n(1) Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:\n:1. Набавувач се субјектите наведени во член 1, ставови 1, 2 и 4 на овој закон;\n:2. Јавна набавка е збир на активности што ги извршува набавувачот, кои се во врска со стекнување на стоки, добивање на услуги, или извршување на работи;\n:3. Групна набавка е набавка која е од интерес за повеќе набавувачи;\n:4. Понудувач е домашно или странско правно или физичко лице-снабдувач или обезбедувач на стоки, услуги или работи, кое поднесува понуда;\n:5. Кандидат е лице кое е покането од набавувачот да поднесе понуда;\n:6. Стока се подвижни предмети од сите видови, вклучувајќи ги и полупроизводите, суровините и резервните делови, индустриските и други постројки, правата на интелектуална или индустриска сопственост (патенти, лиценци, пренос на технологија и софтверски програми);\n:7. Услуга е секоја друга активност која не е стока или работа, со која се обезбедуваат услови за вршење на функцијата или производството;\n:8. Опрема е средство за обезбедување на услови за извршување на функцијата и процесот на производството;\n:9. Работи се сите активности поврзани за градба на објекти согласно со законските прописи со кои се регулира градбата или активности кои, како целина, сами по себе се доволни да исполнат одредена економска или техничка функција;\n:10. Понуда е предлог од понудувачот изготвен за набавувачот според неговото дефинирано барање и е основа за склучување на договор за испорака на стоки, услуги или извршување на работи;\n:11. Техничка документација е елаборат со кој од техничка страна се разработува технолошко-производствената и експлоатационата концепција на стоките и услугите (објекти или инвестициона опрема и 3 уреди) и се даваат техничките решенија за изградбата, односно производството. Техничката документација содржи еден или повеќе проекти, технички опис на опремата, инвестицијата, уредите, претпресметка со опис на работите и условите;\n:12. Техничка спецификација е техничко барање содржано во тендерската документација со кое се дефинираат карактеристиките на одредени работи, материјали, стоки или услуги и кои би одговориле за намената за која ќе ги употреби набавувачот. Техничките спецификации опфаќаат квалитет, изведба, безбедност или димензии, како и барања применливи за материјалот, производот, услугата во поглед на обезбедувањето на квалитетот, терминологијата, симболите, тестирањето и методите на тестирањата, толкувањето, означувањето и етикетирањето. За набавка на работи тие вклучуваат и прописи за проектирање и градење, услови за тестирање, надзор и прифаќање на техники и методи за изградба и други технички услови кои набавувачот може да ги пропише во поглед на довршените работи и материјалите или деловите што се вклучени во нив;\n:13. Стандард е техничка спецификација одобрена од страна на надлежно тело за стандардизација за постојана и трајна примена;\n:14. Европски стандард е стандард одобрен од Европскиот комитет за стандардизација (ЦЕРН) или од Европскиот комитет за електро-техничка стандардизација (Ценелец) како европски стандард (ЕН) или документ за хармонизација (ХД) согласно со заедничките прописи на овие организации или од Европскиот институт за стандардизација во телекомуникацијата (ЕТСИ) според неговите сопствени прописи како Европски телекомуникациски стандард (ЕТС);\n:15. Македонскиот стандард е стандард кој е усвоен од орган надлежен за стандардизација и е достапен на јавноста;\n:16. Меѓународен стандард е стандард кој е усвоен од меѓународна организација за стандардизација и е достапен за јавноста;\n:17. Интерен стандард е стандард на трговски друштва или други правни лица, доколку такви стандарди не се опфатени со македонски или со меѓународни стандарди;\n:18. Европски технички атест е техничка оцена на соодветноста за употреба на даден производ за определена намена, заснована врз исполнувањето на суштинските барања за градежни работи, според суштинските карактеристики на производот и дефинираните услови за примена и употреба. Тие се издаваат од надлежен орган назначен за таа цел од државата;\n:19. Заедничка техничка спецификација, е техничка спецификација утврдена во согласност со постапките признаени од државите членки на ЕУ, со цел на единствена примена во сите држави членки и која е објавена во “Службениот весник на Европските заедници”;\n:20. Отворен повик е постапка во која сите заинтересирани субјекти можат да поднесат понуди по објавен повик;\n:21. Ограничен повик е постапка во која понуди можат да поднесат само оние кандидати кои се поканети од набавувачот;\n:22. Постапка со преговарање е постапка во која набавувачите ги консултираат кандидатите по свој избор и се преговара за условите за набавката со еден или повеќе од нив;\n:23. Тендерска документацијае документација што ја изготвува набавувачот со цел понудувачите да достават понуда;\n:24. Конукрс за изработка на проект е постапка која му овозможува на набавувачот да купи план, главно во областа на просторното планирање, урбанистичкото планирање, архитектурата и градежништво, или обработка на податоци, план или проект, избран од страна на жири комисија, врз основа на конкурс со или без доделување на награди;\n:25. Договор за јавна набавка е договор склучен по спроведена постапка уредена со овој закон во писмена форма, помеѓу набавувачот и понудувачот, за испорака на стоки, вршење на услуги или за извршување на работи;\n:26. Комисија за јавни набавки е тело на набавувачот кое ја спроведува постапката за јавната набавка;\n:27. Прифатлива понуда е понуда која е доставена во рокот утврден во огласот за јавна набавка и за која по отворањето на понудите, а врз основа на прегледот и оценката е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и тендерските спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;\n:28. Рамковен договор е договор меѓу набавувачот и носителот на набавката, извршителот на работите или давателот на услугите (понудувач), со кој се утврдуваат условите за сукцесивно извршување на набавката во текот на определен период; и\n:29. Одговорно лице е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа, директор на правно лице и овластено лице на здруженија на граѓани или фондации на кои им е определено јавно овластување.\n(1) Одредбите на овој закон не се применуваат на јавните набавки за делот кој има одбранбен и безбедносен карактер на земјата, се прогласени за државна тајна и се однесуваат за купување на оружје, воена опрема и специјална оперативна техника, согласно со закон.\n(2) Со акт на Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата) се определуваат набавките од став 1 на овој член.\n(3) За набавките од став 2 на овој член, набавувачите се должни најдоцна до крајот на јануари од тековната година, за своите годишни планови за набавка во тековната година да ја известат Владата.\n(1) Одредбите на овој закон не се однесуваат на јавните набавки за кои се обезбедени средства од меѓународни организации (донатори и заемодавачи), доколку за нив се пропишани посебни услови за набавка од страна на донаторите и заемодавачите.\n(1) Одредбите на овој закон не се однесуваат и за набавки за:\n:* купување или изнајмување на земјиште, градежни објекти или друга недвижност или права кои произлегуваат од истите, освен ако за нивно купување или земање под наем е потребно обезбедување на финансиски средства (кредити или заеми);\n:* финансиски услуги во врска со издавањето, продажбата, купувањето или преносот на хартија од вредност или други финансиски инструменти, брокерските услуги и услугите на Народната банка на Република Македонија;\n:* купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио или телевизиски куќи и за термините на радио и телевизиското емитување на програма;\n:* услуги за говорна телефонија, телекс, радиотелефонија, пејџерски и сателитски услуги;\n:* услуги за посредување при вработување;\n:* услуги за развој и истражување, освен кога истражувањето набавувачот го користи за комерцијални цели;\n:* доделување на концесија.\n(1) При јавните набавки се обезбедува фер конкуренција, еднаква и недискриминаторска положба на понудувачите, транспарентност и јавност.\n(2) Набавувачот не смее да врши дискриминација во поглед на државјанството на понудувачот или земјата на потеклото на стоката. 6 Доверливост на податоците од понудите\n(1) Набавувачот е должен доверливо да ги чува сите податоци на понудувачите содржани во понудите, кои се означени како доверливи согласно со закон.\n(2) Набавувачот ги чува во тајност имињата на понудувачите и поднесените понуди, седо утврдениот рок за отворање на понудите.\n(3) При објавувањето и доставувањето на техничките спецификации до понудувачот, набавувачот може да побара од него заштита на доверливите информации кои произлегуваат од нив.\n(1) Се забрануваат какви било преговори меѓу набавувачот и понудувачот, при отворениот и ограничениот повик во врска со цените и изменување на доставената понуда.\n(2) Набавувачот може да бара од понудувачот да даде објаснување на понудата, без можност за нејзино менување.\n(3) Понудувачот објаснувањето го дава пред комисијата и тоа се внесува во записникот.\n(1)Јавната набавка не смее да се дели на делови или да се врши намалување на нејзината проценета вредност, со цел да се избегне одредена постапка утврдена со овој закон.\n(2)Деталните правила за проценетата вредност на набавката ги пропишува министерот за финансии.", "subject": ["Сл. весник / РМ / 2004 / 19 - Закон за јавни набавки (секции)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB._%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_/_%D0%A0%D0%9C_/_2004_/_19_-_%D0%97%D0%88%D0%9D_/_%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8_%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B8", "word_count": 1743, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2995", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Колос", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, избран од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат по вера Тимотеј,\n<sup>2</sup>до христијаните во градот Колос,\nдо нашите пријатели, верни следбеници на Христос.\nБог, нашиот Татко, нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.\n2 Благодарностна и застапничка молитва\n<sup>3</sup>Секогаш кога се молиме за вас, Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос,\n<sup>4</sup>зашто слушнавме за вашата вера во Исус Христос, и за љубовта што ја имате спрема сите Божји луѓе.\n<sup>5</sup>Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест.\n<sup>6</sup>Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет.\n<sup>7</sup>Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас.\n<sup>8</sup>Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух.\n<sup>9</sup>Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини.\n<sup>10</sup>Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и сѐ подобро ќе Го запознавате Бог.\n<sup>11</sup>Се молиме да добивате сила од Неговата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите сѐ што ќе ве снајде\n<sup>12</sup>и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во царството на светлината.\n<sup>13</sup>Тој нѐ извлече од власта на царството на темнината и нѐ пренесе во царството на Неговиот сакан Син,\n<sup>14</sup>Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите.\n3 Христос е над сѐ\n<sup>15</sup>Христос е видлива слика на невидливиот Бог.\nТој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал\nи е над сѐ што е создадено.\n<sup>16</sup>Преку Христос Бог ги создаде сите нешта\nи на небото и на Земјата:\nтоа што се гледа и тоа што не се гледа,\nсите престоли и власти,\nсите владетели и властодршци,\nсѐ беше создадено преку Него и за Него.\n<sup>17</sup>Тој постои пред сѐ и ги одржува сите нешта.\n<sup>18</sup>Христос е глава на Црквата, која е Негово тело.\nТој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите,\nза да биде прв во сѐ,\n<sup>19</sup>зашто Бог одбра во Него\nво целост да се всели Божјата природа\n<sup>20</sup>и преку Него да ги\nпомири со Себе сите,\nбило да се на Земјата, или на небото,\nвоспоставувајќи мир преку\nСвојата крв, пролеана на крстот.\n<sup>21</sup>Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело.\n<sup>22</sup>Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе. Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни.\n<sup>23</sup>Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.\n4 Енергично проповедање на Радосната вест\n<sup>24</sup>Страдам, но се радувам, затоа што знам дека вие од тоа ќе имате корист. Мило ми е што со моето телесно страдање и јас придонесувам кон страдањата на Исус за Црквата, која е Негово тело.\n<sup>25</sup>Бог ми даде задолжение да ѝ служам на Црквата и ме испрати кај вас да ви ја проповедам Неговата порака, во сета нејзина полнота.\n<sup>26</sup>Со векови оваа порака беше тајна за луѓето, а сега таа им е објаснета на Неговите свети луѓе.\n<sup>27</sup>Бог го стори ова бидејќи сакаше вие што не сте Евреи да ја разберете таа прекрасна, величествена тајна: дека Христос живее во вас и заради тоа вие со право се надевате дека ќе имате свој удел во Божјата слава.\n<sup>28</sup>Ние токму за Христос проповедаме и ја употребуваме сета наша мудрост, за да ги предупредиме и поучиме сите луѓе, па сите да станат зрели Христови следбеници.\n<sup>29</sup>Затоа јас толку напорно работам, користејќи ја силата што Тој ми ја дава.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Сакам да знаете низ колкава агонија минувам заради вас, заради христијаните во Лаодикеја и заради сите други христијани што досега не ме имаат ни сретнато.\n<sup>2</sup>Целта ми е да ги охрабрам, сплотени во љубов целосно да ја разберат Божјата тајна, а тоа е Христос, за да сфатат какво богатство е човек да ја има таа сигурност.\n<sup>3</sup>Во Христос се кријат сите ризници на Божјата мудрост и знаење!\n<sup>4</sup>Ви го кажувам ова за да не дозволите никој да ве разубедува и да ве измами.\n<sup>5</sup>Иако не сум меѓу вас, постојано ве имам во мислите. Мило ми е што гледам дека живеете уредно и дека вашата вера во Христос е цврста.\n5 Христос, а не обичаи, храна или слави\n<sup>6</sup>Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него.\n<sup>7</sup>Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.\n<sup>8</sup>Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос,\n<sup>9</sup>зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело,\n<sup>10</sup>па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар над сите сили и власти.\n<sup>11</sup>Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото.\n<sup>12</sup>Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.\n<sup>13</sup>Вие бевте мртви поради гревовите во вас, зашто вашата грешна природа не беше отстранета од вас. Но Бог ве оживеа, заедно со Христос! Тој ни ги прости сите наши гревови.\n<sup>14</sup>Бог ја избриша обврзницата со нашите долгови, според чии одредби ние бевме должници. Тој ја зеде и ја уништи, приковувајќи ја на Христовиот крст.\n<sup>15</sup>Така Бог ги разоружа сите зли владетели и власти, и јавно ги посрамоти, поразувајќи ги со Христовата жртва на крстот.\n<sup>16</sup>Затоа, не дозволувајте никој да ве обвинува за она што го јадете и пиете, за тоа дали ги славите празниците, дали ја славите Младата месечина и саботата.\n<sup>17</sup>Тие нешта беа само сенка на она вистинското што требаше да дојде, а тоа е Христос.\n<sup>18</sup>Не дозволувајте да ве тераат да се самопонижувате и да обожавате ангели, зашто божем добиле такви виденија. Тие луѓе се прават многу понизни, но нивните грешни умови се полни со суета и горделивост.\n<sup>19</sup>Тие веќе не се поврзани со Христос, Кој е глава на телото. Тој му дава сила на телото, и преку неговите жили и лигаменти го држи цврсто обединето. Тоа духовно тело може да расте само ако се храни од Бог.\n<sup>20</sup>Вие умревте со Христос и ослободени сте од начинот на кој живеат световните луѓе. Зошто тогаш дозволувате да ви наметнуваат вакви догми:\n<sup>21</sup><Тоа не смее да се допира!“, „Тоа не смее да се јаде!“, или „Тоа не смее да се прави!“?\n<sup>22</sup>Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе, а се однесуваат на распадливи нешта, на работи што ги употребуваме.\n<sup>23</sup>Иако на прв поглед се чини мудро да се придржувате до тие правила, бидејќи повикуваат на побожност, понизност и строгост спрема телото, со нив не можат да се победат грешните телесни страсти.\n= Глава 3 =\n6 Новиот живот на христијанинот\n<sup>1</sup>Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна.\n<sup>2</sup>Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата.\n<sup>3</sup>Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос кај Бог.\n<sup>4</sup>А кога ќе се појави Христос, кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.\n<sup>5</sup>Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!\n<sup>6</sup>Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.\n<sup>7</sup>Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.\n<sup>8</sup>Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.\n<sup>9</sup>Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики,\n<sup>10</sup>па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас.\n<sup>11</sup>Не е важно дали сте Грци или Евреи, дали сте обрежани или не, дали сте варвари или Скити, дали сте робови или слободни. Сѐ што е важно е Христос да живее во сите нас!\n<sup>12</sup>Бог ве сака и ве одбра да бидете Негов свет народ. Затоа, сочувствувајте со луѓето, бидете љубезни спрема нив, бидете скромни, кротки и трпеливи.\n<sup>13</sup>Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости.\n<sup>14</sup>А најважно од сѐ е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница.\n<sup>15</sup>Секој од вас е дел од Христовото тело. Треба да бидете сложни и благодарни. Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца.\n<sup>16</sup>Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од сѐ срце.\n<sup>17</sup>Сѐ што ќе кажете или ќе направите, правете го како претставници на Господ Исус, оддавајќи Му преку Него благодарност на Бог Таткото.\n7 Начела за христијанските семејства\n<sup>18</sup>Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.\n<sup>19</sup>Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.\n<sup>20</sup>Деца, бидете им во сѐ послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.\n<sup>21</sup>Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.\n<sup>22</sup>Робови, бидете им послушни на вашите земни господари во сѐ, дури и тогаш кога не ве гледаат. Правете го тоа од сѐ срце, не за да им угодите на луѓето, туку од страхопочит спрема Господ.\n<sup>23</sup>Сѐ што правите, правете го со сета душа, како да го правите за Господ, а не за луѓето.\n<sup>24</sup>Имајте на ум дека Му служите на Господ Христос и дека Тој ќе ве награди.\n<sup>25</sup>А кој постапува лошо, ќе си ги поднесува последиците, бидејќи кај Господ нема пристрасност.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови. Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!\n8 Поттик на молитва и мудро однесување\n<sup>2</sup>Посветете се на молитва, будно и со благодарност.\n<sup>3</sup>Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор.\n<sup>4</sup>Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.\n<sup>5</sup>Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.\n<sup>6</sup>Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.\n9 Завршни упатства и поздрави\n<sup>7</sup>Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже сѐ што ве интересира за мене.\n<sup>8</sup>Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.\n<sup>9</sup>Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за сѐ што се случува овде.\n<sup>10</sup>Ве поздравува Аристарх. И тој е в затвор со мене. Ве поздравува и Марко, братучедот на Барнава. Ако дојде кај вас, прифатете го, како што веќе ви пишавме.\n<sup>11</sup>Ве поздравува и Исус, меѓу нас познат како Јуст. Овие тројца се единствените христијани од Евреите што работат со мене за Божјото царство. Тие се големо охрабрување за мене.\n<sup>12</sup>Ве поздравува и вашиот сограѓанин Епафрас, кој сега е во служба на Исус Христос. Тој ревносно се моли за вас, да бидете цврсти, да станете зрели христијани, уверени во целата Божја волја.\n<sup>13</sup>Јас лично сум сведок колку ревносно се залага тој за вас, како и за христијаните во Лаодикија и во Хиераполис.\n<sup>14</sup>Ве поздравуваат нашиот драг лекар Лука и Димас.\n<sup>15</sup>Поздравете ги сите христијани во Лаодикија, а посебно Нимфа и членовите на црквата што се собираат во нејзиниот дом.\n<sup>16</sup>Кога ќе го прочитате ова писмо кај вас, погрижете се да стигне и во Лаодикиската црква, за да го прочитаат и тие, а и вие треба да го прочитате писмото што им го упатив ним.\n<sup>17</sup>Потсетете го Архип внимателно да ја извршува работата што му ја довери Господ.\n<sup>18</sup>Сега своерачно ви пишувам: Поздрав од Павле!\nНе заборавајте дека сум в затвор.\nБог нека ви биде благонаклонет.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%81", "word_count": 2151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2982", "title": "Писмо од апостол Јаков", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Од Јаков,\nслуга на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до еврејските христијани од сите дванаесет племиња, распрснати низ целиот свет.\n1 Проверка на верата\n<sup>2</sup>Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија,\n<sup>3</sup>зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате.\n<sup>4</sup>Морате да научите сѐ да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.\n2 Молитва со вера\n<sup>5</sup>Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.\n<sup>6</sup>Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.\n<sup>7</sup>Таков човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ,\n<sup>8</sup>бидејќи е неодлучен и непостојан во сѐ.\n3 Сиромаштијата и богатството\n<sup>9</sup>Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив,\n<sup>10</sup>а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови.\n<sup>11</sup>Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.\n4 За искушенијата\n<sup>12</sup>Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат.\n<sup>13</sup>Никој, кога е во искушеније да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев.\n<sup>14</sup>Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти.\n<sup>15</sup>Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт.\n<sup>16</sup>Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени.\n<sup>17</sup>Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ја создал светлината. Кај Него колебање нема. Нема ни трага од некаква промена.\n<sup>18</sup>Тој сакаше ние да бидеме „ref> Мојсеевиот Закон кажува дека првородените од сите животни и првите плодови од сите растенија Му припаѓаат на Господ.првина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.\n5 Да се слуша и да се спроведува на дело\n<sup>19</sup>Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.\n<sup>20</sup>Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.\n<sup>21</sup>Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја посади во вашите срца и што може да ве спаси.\n<sup>22</sup>Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!\n<sup>23</sup>Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,\n<sup>24</sup>и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!\n<sup>25</sup>Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, законот ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во сѐ што работи.\n<sup>26</sup>Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна!\n<sup>27</sup>Побожност што Бог, нашиот Татко, ја прифаќа како чиста и непорочна е оваа: Да се грижиш за сирачињата и вдовиците што се во невола и да се одржиш неизвалкан од овој свет.\n= Глава 2 =\n6 Против предрасудите\n<sup>1</sup>Пријатели мои, ако имате вера во нашиот славен Господ Исус Христос, нема да се однесувате спрема едни луѓе подобро, а спрема други полошо.\n<sup>2</sup>Да претпоставиме на вашата богослужба влегува човек со златни прстени на раката, облечен во убава облека, а влегува и сиромашен човек во одрпана облека.\n<sup>3</sup>Ако вие, гледајќи според облеката, му речете на човекот во убава облека: „Седни овде, на убаво место.“ - а на сиромашниот му речете: „Ти стој овде!“, или „Седни на подот!“,\n<sup>4</sup>зарем со тоа не ги дискриминирате луѓето, раководејќи се според неправедни мотиви!?\n<sup>5</sup>Послушајте ме, драги пријатели! Зарем Бог не ги одбра сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството што им го вети на оние што Го сакаат?\n<sup>6</sup>А вие ги презирате сиромашните! Кој ве тормози, кој ве влечка по судови? Токму богатите!\n<sup>7</sup>Зарем не се богатите тие што го навредуваат Божјото возвишено име што вие го носите?\n<sup>8</sup>Добро правите, ако го исполнувате Господовиот царски закон запишан во Светото Писмо: „Сакај го својот ближен колку што се сакаш себеси.“\n<sup>9</sup>Но ако спрема едни луѓе се однесувате подобро, а спрема други полошо, правите грев и според Светото Писмо вие сте престапници.\n<sup>10</sup>Дури и ако некој се придржува до целиот Закон, а згреши само на едно место, тој е виниовник, како и оној што го прекршува целиот Божји Закон.\n<sup>11</sup>Зашто истиот Бог, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако не си извршил прељуба, а си убил, ти си прекршител на Законот.\n<sup>12</sup>Зборувајте и постапувајте како луѓе што ќе бидат судени според милостивиот законот што нѐ ослободува!\n<sup>13</sup>Инаку, на Судниот ден Бог нема да има милост спрема оние што биле безмилосни спрема другите. Милоста ја поразува осудата.\n7 Неделотворната вера е бескорисна\n<sup>14</sup>Драги пријатели, каква корист има да велите дека имате вера, ако тоа не се гледа од вашите постапки? Може ли таква вера да ве спаси?\n<sup>15</sup>Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна.\n<sup>16</sup>Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неоходно за да преживее!?\n<sup>17</sup>Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.\n<sup>18</sup>Можеби некој ќе рече: „Некои луѓе имаат вера, а некои - дела.“ Покажете ми, како може да имате вера, а од тоа да не произлегуваат соодветни постапки, а јас, преку моите постапки ќе ви покажам дека имам вера.\n<sup>19</sup>Вие верувате дека има само еден Бог. Тоа е добро, но дури и демоните веруваат во тоа и се тресат од страв!\n<sup>20</sup>Зар не сакаш да сфатиш, површен човеку, сакаш ли доказ дека од вера без дела нема никаква „ref> Во некои ракописи: ''вера без дела е мртва''.корист!?\n<sup>21</sup>Врз основа на што Бог го прогласи за праведен, нашиот прататко Авраам? Зарем тоа не беше преку дела, кога го стави својот син Исак врз жртвеникот?\n<sup>22</sup>Гледате ли дека неговата вера беше усогласена со неговите постапки? Со таа своја постапка тој потврди дека има совршена вера.\n<sup>23</sup>Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: „Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник“, па го нарече и Свој пријател\n<sup>24</sup>Значи, очигледно е дека човек станува праведен пред Бог преку своите постапки, а не само преку вера.\n<sup>25</sup>Така беше и со блудницата Раав. Бог ја прифати како праведна, зашто таа ги прифати израелските разузнавачи и ги упати на безбеден излез?\n<sup>26</sup>Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.\n= Глава 3 =\n8 Зауздување на јазикот\n<sup>1</sup>Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе.\n<sup>2</sup>Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело.\n<sup>3</sup>На коњите им ставаме узда во устата, за да ги натераме да ни се покоруваат и да одат онаму каде што ние сакаме.\n<sup>4</sup>Земете ги бродовите за пример. Тие се толку големи, а сепак кормиларот со мало кормило ги води онаму каде што сака, и покрај силните ветрови кои ги движат.\n<sup>5</sup>Така е и со јазикот. Мал орган е, но голема штета може да направи. Едно жарче може цела шума да запали!\n<sup>6</sup>Јазикот е оган, најопасен од сите наши органи. Во состојба е целото тело да го опогани. Јазикот може целиот наш живот да го запали, бидејќи се пали од самиот пекол.\n<sup>7</sup>Секое животно, било да е ѕвер, птиците, влекач или од морско животно, се припитомува, или било припитомено од човекот,\n<sup>8</sup>но јазикот, ниеден човек не може да го припитоми. Тој е необуздано зло, полн е со смртоносен отров.\n<sup>9</sup>Со јазикот Го величаме нашиот Господ и Татко, а со истиот тој јазик ги колнеме луѓето коишто се создадени според Божјо подобие.\n<sup>10</sup>Од иста уста излегуваат и благослови и клетви. Треба ли, драги мои, така да биде!?\n<sup>11</sup>Може ли од ист извор да извира и слатка и горчлива вода?\n<sup>12</sup>Може ли, драги мои, смоквата да раѓа маслинки, а лозата смокви? Не може од солен извор да се црпи слатка вода!\n9 Вистинската мудрост доаѓа од Господ\n<sup>13</sup>Има ли меѓу вас мудри и разумни луѓе? Ако има, покажете ја вашата мудрост и разумност со примерен живот, со постапки што ќе се одликуваат со скромност и ќе бидат направени мудро.\n<sup>14</sup>Но ако вашите срца се полни со чемерна завист и себичност, немојте да се фалите и да се лажете дека сте мудри.\n<sup>15</sup>Тоа не е небесна мудрост, туку овоземна, себична и демонска.\n<sup>16</sup>Кога луѓето се завидливи и себични, создаваат безредие и секакви зли дела.\n<sup>17</sup>Небесната мудрост нѐ прави чисти, мирољубиви, внимателни, чувствителни, да ги сакаме луѓето и да им помагаме, да бидеме непристрасни и нелицемерни.\n<sup>18</sup>А миротворците ќе го сеат семето на мирот, и ќе жнеат плодови на праведност.\n= Глава 4 =\n10 Пријателството со светот\n<sup>1</sup>Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела?\n<sup>2</sup>Го посакувате тоа што го немате и ќе направите сѐ за да го добиете! Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не го добивате, бидејќи не го барате од Бог.\n<sup>3</sup>А и кога барате - не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.\n<sup>4</sup>Тоа е неверство спрема Бог! Зар не знаете дека пријателството со овој свет значи непријателство со Бог!? Секој што ќе одбере да му биде пријател на овој свет, Му станува непријател на Бог.\n<sup>5</sup>Зарем мислите дека Светото Писмо попусто кажува: „Духот што Бог го поставил да живее во нас до ревност копнее за нашата верност кон Него.“\n<sup>6</sup>Всушнот Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо:\n=П „Бог им се противставува на гордите, =П но спрема скромните е благонаклонет.“\n<sup>7</sup>Затоа, дозволете Бог да ве води. Спротивставете му се на ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!\n<sup>8</sup>Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.\n<sup>9</sup>Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместа да се радуваат, нека жалат.\n<sup>10</sup>Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве издигне!\n11 Предупредување против критизерството\n<sup>11</sup>Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!\n<sup>12</sup>Само Бог е Законодавец и Судија. Само Тој може да спасува или да уништува. Со кое право ти му судиш на твојот ближен!?\n12 Грешна самоувереност\n<sup>13</sup>Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“\n<sup>14</sup>Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави на кратко и набргу исчезнува.\n<sup>15</sup>Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“\n<sup>16</sup>Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите.\n<sup>17</sup>Секој што не прави добро, иако знае дека треба да прави, греши.\n= Глава 5 =\n13 За неправедните богаташи\n<sup>1</sup>Слушнете ме сега вие што сте богати! Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат!\n<sup>2</sup>Гнило е вашето богатство, вашите облеки молци ги изедоа.\n<sup>3</sup>Вашето сребро и злато 'рѓосаа. Таа 'рѓа ќе биде сведоштво против вас. Ќе ги изеде вашите тела како оган. Сте натрупале богатство во овие последни денови.\n<sup>4</sup>Не им плативте на оние што ги косеа вашите ливади и тие неисплатени пари сега викаат против вас, а лелекот на оние што ги жнееја вашите ниви дојдоа до ушите на Семоќниот Господ.\n<sup>5</sup>Живеевте раскошно и разуздано на земјата, си ги угоивте телата како стока готова за клање.\n<sup>6</sup>Осудувате и убивате праведни луѓе, кои не можеа да ви се спротивстават.\n14 Трпение при страдања\n<sup>7</sup>Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ. Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да созрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд.\n<sup>8</sup>Бидете и вие трпеливи како нив и охрабрете ги вашите срца: Господ брзо ќе дојде!\n<sup>9</sup>Немојте да негодувате еден против друг, во спротивно Бог ќе ви суди! Еве Го Судијата, веќе стои пред врата!\n<sup>10</sup>Драги мои, следете го примерот на пророците што зборуваа во име на Господ. Тие имаа трпение, дури и кога мораа да страдаат.\n<sup>11</sup>Оние што најмногу издржале, најмногу и ги почитуваме. Сте слушнале какво трпение покажа Јов и знаете како Господ на крајот го благослови. Господ е полн со милост и сочувство.\n<sup>12</sup>Но пред сѐ, драги пријатели, немојте да се колнете, ни во Небото, ни во Земјата, ниту во било што друго. Доволно е да кажете само „да“ или „не“, за да не паднете под осуда.\n15 Моќта на молитвата\n<sup>13</sup>Ако некој меѓу вас е во невола, нека се моли. Ако е весел, нека пее песни на благодарност.\n<sup>14</sup>Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помажат со маслиново масло во името на Господ.\n<sup>15</sup>Ако се молите со вера, ќе му помогнете на болниот. Господ ќе го оздрави и ако направил грев, ќе му прости.\n<sup>16</sup>Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете излечени. Енергична молитвата од праведен човек има голема сила!\n<sup>17</sup>Илија беше човек од крв и месо, како што сме и ние. Кога тој се помоли да не врне дожд - три и пол години дожд не заврна на земјата.\n<sup>18</sup>Потоа пак се помоли и заврна дожд, па земјата си ги даде своите плодови.\n<sup>19</sup>Пријатели мои, христијани, ако некој од вас застрани од вистината, треба да се потрудите да го вратите назад.\n<sup>20</sup>Оној што ќе врати грешник од погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2", "word_count": 2399, "cyrillic": 0.999}
{"id": "3260", "title": "Ката Мисиркова – Руменова", "text": "Ката Мисиркова – Руменова е раскажувач, романописец, поет и драмски писател. Родена е на 14 септември 1930 година во с. Постол, Ениџе Вардар, Егејска Македонија. Работниот век го завршила како библиотекар. Член e на ДПМ од 1966 година.\n1 Забелешки\n* Има напишани и тв серии.", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%E2%80%93_%D0%A0%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0", "word_count": 44, "cyrillic": 0.975}
{"id": "3025", "title": "Викиизвор:Авторски права", "text": "Текстот на Викиизвор е заштитен со авторски права (автоматски, под Бернската конвенција) од уредувачите на Викиизвор и е формално лиценциран во јавноста под една од неколкуте слободни лиценци. Повеќето од текстот на Викиизвор и многу од неговите слики се колиценцирани под (CC-BY-SA) и (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици). Дел од текстот е импортитан под CC-BY-SA или CC-BY-SA-компатибилна лиценца и не може да биде употребуван под GFDL; таквиот текст ќе биде препознаен или на дното од страницата или во историјата на страницата или на страницата за разговор на статијата која го користи текстот. Секоја слика има страница за опис која ја покажува лиценцата под која е издадена или, ако е неслободна, објаснувањето за кое е искористена.\nЛиценците кои Викиизвор ги користи даваат слободен пристап до нашата содржина во истата смисла по која слободниот софтвер е слободно лиценциран. Содржината на Викиизвор може да биде копирана, модифицирана и редистрибуирана ''ако и само ако'' копираната верзија е пристапна под истите услови до другите и ако е вклучено признание до уредувачите на Викиизвор како автори на статијата (врска назад до статијата се смета за доволна; видете подолу за повеќе детали). Содржината на Викиизвор која е копирана според тоа ќе остане ''слободна'' под соодветната лиценца и може да продолжи да се користи од секого со одредени ограничувања кои целат да ја продолжат таа слобода. Овој принцип е познат како копилефт во контраст со типичните лиценци за авторски права.\nОд овде,\n::*Дадена е дозвола да се копира, дистрибуира и/или модифицира текстот на Викиизвор под условите на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License и, ''освен ако е укажано поинаку'', под условите на GNU Free Documentation License (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици);\n::*Копија од оригиналниот текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License е вклучена во скеција со наслов „Викиизвор:Текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License“ (на англиски);\n::*Копија од оригиналниот текст GNU Free Documentation License е вклучена во секција со наслов „Викиизвор:Текст на GNU Free Documentation License“ (на англиски);\n::*Содржината на Викиизвор е покриена со услови за одрекување од одговорност.</blockquote>\nАнглискиот текст на CC-BY-SA и GFDL лиценците (кои соодветно се дадени погоре) е единственото правно обврзувачко ограничување меѓу авторите и корисницте на содржината на Викиизвор. Она што следува е интерпретација на CC-BY-SA и GFDL која ги објаснува правата и обврските на корисниците и придонесувачите.\n1 Принципите на CC-BY-SA и GFDL лиценците\n1.1 CC-BY-SA\nCreative Commons Attribution/Share-Alike 3.0 Unported e примарната лиценца за текст на проектите на Викимедија (вклучувајќи ја и Викиизвор). Полниот текст на лиценцата (во оригинал, на англиски) може да се види на Викиизвор:Текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License. Во кутијава долу се дадени основните принципи на лиценцата.\n1.2 GFDL\nGNU Free Documentation License (GFDL; ГНУ Лиценца за слободна документација — ГЛСД) е секундарна лиценца за текст на Викиизвор. Пред 29 јуни 2009, GFDL беше единствената важечка лиценца за текст на Викиизвор. Според резултатот од гласањето за обновување на лиценцирањето и последователната , било која содржина на проектите на Фондацијата Викимедија (вклучувајќи го и ''овој'' проект, Викиизвор на македонски јазик) кои беа достапни под условите на GFDL 1.2 со можноста за надградба до подоцнежни верзии се сега автоматски достапни под . Специфично за текстуалната содржина, по оваа обнова е можно да се додава само двојно лиценцирана содржина на проектите, а текстовите кои се само лиценцирани со GFDL (ГЛСД) повеќе нема да бидат прифатени. Со други зборови, CC-BY-SA стана примарната лиценца за текст на Викимедија, а ГЛСД понатаму ќе се задржи како секундарна лиценца (т.е. содржината е двојно лиценцирана). Полниот текст на лиценцата (во оригинал, на англиски) може да се види на Викиизвор:Текст на GNU Free Documentation License. Во кутијава долу се дадени основните принципи на лиценцата.\n1.3 Услови на употреба на Викиизвор\nПокрај условите на двете лиценци, можат да важат и дополнителни услови кои се наведени во Викиизвор:Услови на употреба.\n2 Права и обврски на корисниците\nДоколку сте читател кој сака да искористи одредена содржина на Викиизвор, тоа можете слободно да го направите (со исклучок на содржина која е дадена под „фер употреба“ исклучоците или слични исклучоци од законот за авторско право), но притоа сте задолжени да ги следите следниве напатствија:\n2.1 Користење на текст\nПри користење на текстуална содржина од Викиизвор ги имате следниве обврски:\n;Давање заслуга (наведување извор): За да редистрибуирате текстуална страница во било која форма, овозможете заслуга на авторите а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку листа на сите автори (било која листа на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.). Ова важи за текст развиен од заедницата на Викимедија. Текст од надворешни извори може да има прикачено дополнителни барања за давање заслуга кои ние ќе се обидеме јасно да Ви ги покажеме. На пример, одредена страница може да има банер или друга нотација која укажува целата содржина или дел од неа е оригинално издадена на некое друго место. Онаму каде што таквите нотации се видливи на самата страница, тие треба општо да бидат зачувани од понатамошните корисници.\n;Копилефт/Сподели под исти услови: Ако правите модификации или додатоци на страницата која ја реупотребувате, Вие морате да ги лиценцирате под Creative Commons Attribution-Share-Alike License 3.0 или подоцнежни верзии.\n;Индицирајте ги промените: Ако правите модификации или додатоци, морате да индицирате на разумен начин дека оригиналното дело е модифицирано. Ако ја реупотребувате страницата во едно вики, на пример, индицирањето на ова на страницата за историја е доволно.\n;Забелешка за лиценцирањето: Секоја копија или модифицирана верзија која ќе ја дистрибуирате мора да содржи забелешка за лиценцирањето која ќе тврди дек делото е издадено под CC-BY-SA и или а) хиперврска или URL до текстот на лиценцата или б) копија на лиценцата. За оваа цел, задоволителен URL е:\n2.1.1 Дополнителна достапност на текст под GNU Free Documentation License\nЗаради причини поврзани со компатибилноста, било која страница која не вклучува текст кој е ексклузивно достапен под условите на CC-BY-SA или на CC-BY-SA-компатибилна лиценца е исто така достапен под условите на . За да утврдите дали една страница е достапна под GFDL, погледнете ја долната маргина на страницата, историјата на страницата и страници за дискусија за давање заслуга на еднолиценцирана содржина која не е GFDL-компатибилна. Целиот текст издаден пред 15 јуни 2009 беше издаден под GFDL и можеби ќе мора да ја користите историјата на страницата за да вратите содржина пред тој датум за да осигурате компатибилност со GFDL.\n2.2 Користење на нетекстуална содржина\nОнаму каде што не е означено на друг начин, нетекстуалните медија датотеки се достапни под различни лиценци за слободна култура, согласни со Принципот за лиценцирање на Фондацијата Викимедија. Овие слободни лиценци имаат слободи и обврски кои се определени со . Ве молиме видете ја страницата за објаснување на медиумот за детали за лиценцата на било која специфична медија датотека. Одредена нетекстуална содржина може и да не е лиценцирана под слободна лиценца (видете ја следната секција).\n2.3 Материјали со фер употреба\nПовремено, статиите од Викиизвор може да вклучуваат слики, звуци, или текстуални цитати покриени со доктрината „фер употреба“ која постои во законот за авторски права во САД. Препорачливо е овие ставки да бидат добавени под најслободната лиценца која е практична. Во случаи кога такви слики/звуци не се достапни, тогаш фер употреба на слики е прифатлива (додека не станат достапни некои слободни слики).\nВо таков случај, треба означите дека материјалот кој го користите е од надворешен извор (кој е наведен на страницата со опис на датотеката или страницата со историјата). Запомнете дека она што се смета за фер употреба за Викиизвор, можеби нема да биде такво видено во некој друг контекст.\nНа пример, ако вклучиме слика под фер употребата, Вие морате да бидете сигурни дека вашата употреба на статијата се квалификува како фер употреба (тоа не мора да биде случај ако на пример ја користите статијата од Викиизвор за комерцијални потреби, што по CC-BY-SA би било потполно дозволено, но таа комерцијална употреба не би била и фер употреба на тоа дело).\n3 Права и обврски на придонесувачите\nЗа било кој текст за кој ги држите авторските права, со неговото поднесување се согласувате дека го лиценцирате под . Заради компатибилност, Вие сте исто така задолжени да ги лиценцирате под (без непроменливите делови, без текстот на предните корици, и без текстот на задните корици.). Корисниците можат да изберат со која лиценца(и) да работат. Ве молиме земете предвид дека овие лиценци ''дозволуваат'' комерцијални употреби на Вашите придонеси, сè додека таквите употреби се согласни со условите.\nКако автор, Вие се согласувате да добиете заслуга преку еден од овие начини: а) преку хиперврска (каде што е тоа можно) или URL до статија или статии до кои имате придонесено, б) преку хиперврска (каде што тоа е можно) или URL до алтернативна, стабилна онлајн копија која е слободно пристапна, што се согласува со лиценцата и која овозможува заслуга до авторите на начин кој е еквивалентен на заслугата дадена на ова мрежно место, или в) преку листа на сите автори (било која листа на автори може да биде филтрирана за да ги исклучи многу малите или неважните придонеси.).\n3.1 Импортирање на текст во Викиизвор\nАко сакате да импортирате текст кој го имате пронајдено на друго место или го имате под коавторство со други, Вие смеете тоа да го направите само ако е достапен под услови кои се согласни со CC-BY-SA лиценцата. Не мора да осигурувате или да гарантирате дека импортираниот текст е достапен под ГНУ Лиценцата за слободна документација (GNU Free Documentation License — GFDL). Покрај тоа, Ве молиме забележете дека не можете да импортирате информации кои се достапни ''само'' под GFDL. Со други зборови, можете да импортирате текст кој е (а) лиценциран со една лиценца под услови согласни со CC-BY-SA лиценцата (б) двојно лиценцирано со GFDL и со друга лиценца компатибилна со CC-BY-SA лиценцата.\nАко импортирате текст под компатибилна лиценца која бара давање заслуга, Вие морате, на разумен начин, да дадете заслуга на авторот/авторите. Онаму каде што таква заслуга се дава само преку страниците на историите (како на пример, Викимедија интерно копирање), доволно е да се даде заслуга во описот на промените кој е зачуван во историјата на страницата при импортирањето на текстот. Без разлика на лиценцата, текстот кој го импортирате може да биде одбиен ако бараното давање на заслуга се смета за премногу наметлив.\n3.2 Импортирање на нетекстулна содржина\nНетекстуалната медија на проектите на Фондацијата Викимедија се достапни под различни лиценци кои ја поддржуваат целта на дозволување неограничена повторна употреба и дистрибуција. Барањата за такви лиценци се дадени во Принципот за лиценцирање на Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation Licensing Policy).\nСликите и фотографиите, како пишаните дела, подлежат на авторско право. Некој ги поседува нив, освен ако експлицитно не се поставени во јавен домен. Сликите од интернет треба да бидат лиценцирани директно од сопственикот на авторското право или некој способен за да го лиценцира во нивно име. Во некои случаи, напатствијата за фер употреба може да дозволат да се искористи фотографија.\n3.2.1 Означување\nСтраниците за опис на слики може да бидат означени со посебни ознаки за да укажат на правниот статус на сликата, на начин кој е опишан во Викиизвор:Ознаки за авторски права на слики.\n3.2.1.1 Специјални случаи\n3.2.1.1.1 Фотографии на вистински лица\nОва се темели на упатствата за слики на IMDB, така што тоа особено се применува на фотографии на славни личности, но може да се примени и на други слики. Легитимните фотографии главно може да дојдат од три различни места, но со дозвола.\n# Студија, продуценти, издавачи на весници или медиумски куќи кои првобитно ја снимиле фотографијата.\n# Агенции кои ги претставуваат фотографиите кои ги снимиле фотографиите или самите фотографи (последното посебно важи кај аматерските фотографи).\n# Од страна на самата славна личност или од нејзиниот правен застапник.\n3.2.1.1.2 Фотографии од Владата на САД\nДелата произведени од цивилни и воени службеници на сојузната влада на САД за време на нивната вработеност, според статутот, се јавен домен. Меѓутоа, имајте во предвид дека, и покрај популарното (погрешно) мислење, сојузната влада на САД може да држи права за копирање (авторски права) кои и ги препуштиле други (како на пример, дела создадени со договор). Внимавајте - не сите слики на .mil и .gov веб-местата се јавен домен. Покрај другите причини, веб-местото може да користи комерцијална резервна фотографија поседувана од други. Може да биде корисно да се провери објавата за приватност и сигурност на веб-местото, но само со е-пошта до вебмастерот можете да бидете сигурни дека некоја слика е во јавна сопственост. Исто така, треба да се забележи дека некои влади надвор од САД, често положуваат авторско право на делата произведени од нивните вработени (како на пример, Крунско авторско право во Обединетото Кралство). Исто така, повеќето државни и локални влади во САД не ги ставаат нивните дела во јавниот домен, и всушност го поседуваат авторското право за нивните дела. Ве молиме, бидете внимателни и проверете сопственоста на информацијата пред копирање.\n3.2.1.1.3 Крунско авторско право на Обединетото Кралство\nКанцеларијата за информации за јавниот сектор на Обединетото Кралство, поранешно HMSO, ни го кажа следново:\n:''Крунското авторско право трае педесет години од крајот на годината во која материјалот бил прво заштитен. На тој начин, на пример, материјалот издаден пред педесет и една година, и било кој материјал со Крунско авторско право издаден пред таа дата, сега би бил незаштитен, и може слободно да се репродуцира низ светот.''\n4 Законите за авторски права по земји\n4.1 Русија: исклучок од правото на копирање\nСпоред рускиот закон за авторски права од 1993, следните ставки не подлежат на авторски права:\n*Официјални документи (закони, судски одлуки, други текстови од легислативен, административен или судски карактер);\n*Државни симболи и знаци (знамиња, грбови, ордени, банкноти и други државни симболи и знаци ;\n*Народно творештво;\n*Извештаи за настани и факти, од информативен карактер.\nРуските авторски права генерално истекуваат 70 години по смртта на авторот. Делата на авторите кои умреле пред 1953 се во јавниот домен, бидејќи рокот на истекување бил 50 години пред 2004, и оваа промена на условите не е ретроактивна, според , член 2, дел 3.\nДоколку едно дело не е објавено во текот на живото на авторот, неговото авторско право истекува 70 години после неговото прво законско објавување (доколку делото не е преместено во јавниот домен претходно). Ова го дава максималниот рок за необјавени и постхумно објавени години од 140 (ако авторот умрел после 1953) или 120 години (ако авторот умрел пред 1953, И неговото дело било објавено пред 2003).\nДоколку делото е објавено анонимно или под псевдоним, и неговиот автор е непознат, неговото авторско право истекува 70 години по неговото прво законско објавување. Ако авторот се открие, се применува вообичаеното правило.\nСтатусот на дело во јавен домен во Русија може да се разлликува од тоа во САД, каде што се наоѓаат серверите на Викиизвор.\n4.2 Алжир\nЧленот 9 од алжирскиот вели дека: \"Дела на Државата кои се законски достапни до јавноста можат слободно да се искористуваат за непрофитни цели, со почитување на интегритетот на делото и наведување на неговиот изворот. Под \"дела на Државата\", во овој член, се подразбираат дела произведени или издадени од различните органи на Државата, локалните општини, или јавните претпријатија од административен карактер.\" (оригиналот е на француски.)\n4.3 Иран\nИако не постои договор помеѓу Иран и САД во врска со заштитата на авторските права, според Џимбо Велс, уредниците на Викиизвор треба да го почитуваат Иранскиот закон за заштита на авторските права колку што можат, исто како што прават и за другите земји на светот.\n5 Поврзување кон надворешни заштитени дела\nПоврзувањето кон заштитени дела обично не е проблем, се додека се додека сте вложиле разумен напор да се уверите дека односната страница не крши ''нечии туѓи'' авторски права. Ако крши, ве молиме ''не'' поставувајте врска до страницата. Моментално во судовите се расправа дали таквата врска е соучесништво во кршењето на авторските права, но во секој случај, поврзување кон веб-местото кое илегално дистрибуира туѓо дело фрла лоша сенка над нас. Ако односното веб-место го користи материјалот под фер употреба, поврзувањето е во ред.\n6 Ако наидете на кршење на авторските права\nРабота на обичните Википедијци не е да ја надгледуваат содржината барајќи можни кршења на авторските права, но ако се сомневате на кршење, би требало во најмала рака да го поставите проблемот на страницата на разговор на таа страница. Други може да ја испитаат ситуацијата и да преземат дејствија ако тоа е потребно. Најдобрата помош која може да ја пружите е URL-то или друга референца за која верувате дека е извор на текстот.\nНекои случаи ќе бидат лажни тревоги. На пример, ако соработникот бил де факто авторот на текстот што е издаден на друго место под различни услови, тоа не влијае на неговото право да го постави тој текст овде под CC-BY-SA. Исто така, понекогаш ќе најдете текст на други места на мрежата што бил копиран од Викиизвор. Во двата од овие случаи, добра идеја е да се забележи тоа на страницата за разговор за да се спречат таквите лажни тревоги во иднина.\nДоколку дел од содржината на страницата навистина е кршење на правата, тогаш таквата содржина треба да се отстрани, и треба да се стави забелешка за тоа на страницата за разговор, заедно со оригиналниот извор. Ако подоцна се добие дозвола од авторот, текстот може да се врати.\nАко целата содржина на страницата се смета дека е прекршување на авторски права, тогаш таа страница треба да се наведе на Викиизвор:Прашања за авторски права и содржината на страницата треба да се замени со вообичаеното известување што се наоѓа таму. Ако по една недела страницата сѐ уште претставува кршење на авторските права, тогаш може да се избрише.\nВо екстремни случаи на корисници што поставуваат заштитен материјал и покрај соодветните предупредувања, таквите корисници можат да бидат блокирани за да се заштити проектот.\n7 Ако сте сопственик на содржина која е поставена на Викиизвор и користена без ваша дозвола\nАко сте сопственик на содржина што се користи на Викиизвор без ваша дозвола, тогаш можете да побарате страницата веднаш да биде отстранета од Викиизвор на Викиизвор:Огласна табла за администратори. Исто така, можете да контактирате со на Викимедија за содржината да ја отстраните трајно, но може да потрае една недела за страницата да биде избришана на тој начин (имајте предвид: и да ја избришете страницата — текстот сè уште ќе биде во историјата на страницата). Како и да е, ќе ни треба некаков доказ за Вашето тврдење дека сте сопственик на содржината.\n8 Поврзано\n*Викиизвор:Услови на употреба\n*Викиизвор:Текст на Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 Unported License\n*Викиизвор:Текст на GNU Free Documentation License\n*Викиизвор:Дозволи за објавување\n*Викиизвор:Лиценци за слики", "subject": ["Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 3183, "cyrillic": 0.95}
{"id": "3278", "title": "Ристо Крле", "text": "Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900 - Скопје, 29 октомври 1975) e драмски писател и еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Добитник e на наградата „11 Октомври“ за животно дело.\n1 Творештво\n* „Парите се отепувачка“ (1938)\n* „Милиони маченици“ (1940)\n* „Антица“ (1940)\n* „Велик ден“ (1950)\n* „Гроф Миливој“ (1958)\n* „Автобиографија“ (прв дел, 1990)\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%9A%D1%80%D0%BB%D0%B5", "word_count": 57, "cyrillic": 0.955}
{"id": "3264", "title": "Коле Чашуле", "text": "Коле Чашуле (Прилеп, 2 март 1921 - Скопје, 22 септември 2009) беше македонски романописец, драмски писател и публицист.\nБил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“, директор на драмата при Македонскиот народен театар. Еден е од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија, а едно време бил и негов претседател. Подоцна се зачленува во Независни писатели на Македонија. Член е и на Македонскиот ПЕН центар.\n1 Творештво\nДрами:\n* Една вечер (1948)\n* Последните гаврани (1950)\n* Задруга (1950)\n* Вејка на ветрот (1957)\n* Бразда (1958)\n* Црнила (1960)\n* Игра или социјалистичка Ева (1961)\n* Градскиот саат (1965), Вител (1966)\n* Партитура за еден Мирон (1967)\n* Земјаци (1967)\n* Тројца и вистината (1967)\n* Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт (1975)\n* Суд (1978)\n* Житолуб (1981)\n* Дивертисман за еден Стрез (1967-1990)\n* Роднокрајци (1987)\n* Тибурсио и Синфороса, (1988)\n* Вејка, два (1989)\n* Сон прв (1991)\n* Сон втор и по него друг (1992)\n* Модус мориенди (1992)\n* Лакримула (1993)\n* Маркучот во четири гласа (1995)\nРомани:\n* Простум (1970)\n* Премреже 1-2 (1977)\n* Вомјази (1981)\n* Имела (1982)\n* Горчила (1983)\n* Канадски фрагменти (1985)\n* Конзулски писма (1987)\n* Така е, ако ви се чини (1994)\n* Лимб (2002)\n* Тој што нема име (2004)\n* Патот од себеси (2006)\nКниги раскази:\n* Првите дни (1950)\n* Раскази (1953)\n* Проза (1968)\n* Само сказни (2000)\n* Чунким велења (2009)\nКниги есеи:\n* Записи за нацијата и литературата (1985)\n* Нови записи (1989)\n* Македонски дилеми (1992)\n* Резиме за мојата генерација (1998)\n* Болно племе (2000)\n* Абре Македонче (2003)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D0%A7%D0%B0%D1%88%D1%83%D0%BB%D0%B5", "word_count": 252, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3283", "title": "Јован Дамјановски", "text": "Јован Дамјановски е македонски романописец и драмски автор.\n1 Творештво\n* Америка е само Америка (роман, 1990)\n* Нежната прашина на заборавот (роман, 1991)\n* Мие, малите људи, смо големи чуеци (драма, 1991)\n* Викенд во младоста (роман, 1992)\n* Танцот на ветровите (роман, 1993)\n* Самоубиство на глувците (роман, 1995)\n* Зад другата страна од тишината (новели и раскази, 1998)\n* Диви магнолии (роман, 1999)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%D0%94%D0%B0%D0%BC%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2992", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Галатија", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, повикан да биде апостол не од луѓе, ниту со помош на луѓе, туку од Исус Христос и од Бог Таткото, Кој Го воскресна Исуса од мртвите.\n<sup>2</sup>Сите христијани што се со мене, се придружуваат кон ова писмо што го упатуваме до црквите во Галатија.\n<sup>3</sup>Бог, Кој е наш Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.\n<sup>4</sup>Христос ја исполни волјата на Бог, нашиот Татко и доброволно се предаде како жртва за нашите гревови, за да нѐ спаси од овој зол свет во кој живееме.\n<sup>5</sup>Затоа Нему Му припаѓа сета слава за вечни времиња. Амин!\n2 Постои само една Радосна вест\n<sup>6</sup>Не можам да се изначудам како толку брзо се одметнавте од Бог, Кој поради својата љубов и милост спрема вас ве покани да станете сонаследници на Христовите заслуги. Се свртевте кон друга Радосна вест.\n<sup>7</sup>А друга Радосна вест не постои. Некои луѓе сакаат да ве збунат, изопачувајќи ја Радосната вест за Христос.\n<sup>8</sup>Проклет да биде секој што ќе ви проповеда Радосна вест поинаква од онаа што ви ја проповедавме ние, па макар да е тоа и некој од нас или да е ангел од небото!\n<sup>9</sup>Веќе кажав, но пак ќе повторам: проклет да биде секој што ќе ви проповеда Радосна вест поинаква од онаа што ја примивте!\n<sup>10</sup>Дали јас се обидувам да им угодам на луѓето и ним да им се умилкувам? Мене ми е важно Бог да го одобрува тоа што го проповедам. Да ми беа важни луѓето, немаше да станам службеник на Христос!\n3 Изворот на Радосната вест\n<sup>11</sup>Сакам да знаете, драги пријатели, дека Радосната вест што јас ви ја проповедав не потекнува од човек,\n<sup>12</sup>зашто јас не ја чув од човек, ниту за неа некој ми раскажа, туку ја добив преку откровение директно од Исус Христос.\n<sup>13</sup>Вие сигурно сте слушнале каков бев јас додека ѝ припаѓав на еврејската религија. Безмилосно ја прогонував Божјата црква и се обидував да ја уништам.\n<sup>14</sup>Јас во еврејската религија напредував многу повеќе од повеќето мои современици и сонародници и бев многу поревносен во спроведувањето на обичаите на моите предци.\n<sup>15</sup>Но Бог ме одбра уште од утробата на мојата мајка и ме повика, поради Својата благонаклоност што јас не ја заслужувам.\n<sup>16</sup>Реши да ми Го открие Својот Син, за да проповедам за Него меѓу нееврејските народи. За таа задача јас не барав совети од луѓе, суштества од крв и месо.\n<sup>17</sup>Не отидов во Ерусалим кај оние што уште пред мене беа апостоли, туку веднаш заминав за Арабија, а подоцна повторно се вратив во Дамаск.\n<sup>18</sup>Дури по три години отидов во Ерусалим, да се запознаам со Петар и со него останав петнаесет дена.\n<sup>19</sup>Со другите апостоли, освен со Јаков, братот Господов, не се ни сретнав.\n<sup>20</sup>Бог ми е сведок дека ова што ви го пишувам не е лага, туку е вистина.\n<sup>21</sup>Потоа заминав за Сирија и Киликија.\n<sup>22</sup>Христијаните во Јудеја сѐ уште не ме познаваа лично,\n<sup>23</sup>туку само беа слушнале дека „оној што ги прогонуваше, сега и самиот ја проповеда верата што сакаше да ја уништи“.\n<sup>24</sup>И го славеа Бог заради тоа што го направи со мене.\n= Глава 2 =\n4 Апостолите одобруваат\n<sup>1</sup>По четиринаесет години, повторно, отидов во Ерусалим, заедно со Барнава, а со себе го поведов и Тит.\n<sup>2</sup>Отидов затоа што Бог, преку откровение, така ми нареди. На еден затворен состанок, на кој присуствуваа само поистакнатите водачи на црквата, јас им објаснив како ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи. Сакав да се уверам дека тоа што го правам и што го правев не е погрешно.\n<sup>3</sup>Тие нѐ поддржаа, па ни Тит, кој беше со мене, иако е Грк, не го натераа да се обреже,\n<sup>4</sup>иако некои таканаречени „христијани“ се обидуваа. Тие подмолно се вовлекоа во нашите редови за да извидат каква слобода ние имаме преку верата во Исус Христос, па потоа да можат да ни ја одземат таа слобода и да нѐ претворат во робови на јудаизмот.\n<sup>5</sup>Ни за момент не им дозволивме да нѐ надвладеат, за да може вистинската Радосна вест да биде зачувана и за вас.\n<sup>6</sup>Оние што се сметаа за поистакнати (велам се сметаа, зашто за мене тоа воопшто не е важно; Бог не суди според надворешноста), тие поистакнати луѓе не додадоа ништо кон она што јас го говорев.\n<sup>7</sup>Напротив, тие сфатија дека Бог ми довери да ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи, исто како што на Петар му довери да ја проповеда меѓу Евреите.\n<sup>8</sup>Бог, Кој работи преку Петар, испраќајќи го да биде апостол меѓу Евреите, сега работи и преку мене, со тоа што ме испрати кај другите народи.\n<sup>9</sup>Кога Јаков, Петар и Јован, кои се сметаа за столбови на црквата, сфатија дека Бог е благонаклонет спрема мене, се ракуваа со мене и со Барнава во знак на пријателство, согласувајќи се ние да работиме меѓу нееврејските народи, а тие меѓу Евреите.\n<sup>10</sup>Единствено од мене бараа да не ги забораваме сиромашните, за кои јас и досега ревносно се грижам.\n5 Павле го укорува Петар за дволичност\n<sup>11</sup>Но кога Петар дојде во Антиохија, јас бев принуден јавно да му се спротивставам, бидејќи заслужуваше да биде укорен!\n<sup>12</sup>Имено, пред да дојдат неколкумина пратеници на Јаков, тој слободно јадеше со христијани од нееврејско потекло. Но кога овие дојдоа, се повлече и се одвои од неевреите, плашејќи се да не биде осуден од новодојдените браќа Евреи!\n<sup>13</sup>Во тоа лицемерство му се придружија и другите Евреи христијани, па дури и Барнава го вовлекоа во тоа лицемерство!\n<sup>14</sup>Кога видов дека не постапуваат правилно и во согласност со вистинската Радосна вест, јас пред сите му реков на Петар: „Ти, иако си Евреин, се откажа од еврејските закони и живееш како неевреин. Како можеш сега да ги тераш оние што не се Евреи да живеат според еврејските правила!?\n<sup>15</sup>Јас и ти по раѓање сме Евреи, а не „погани неевреи“.\n<sup>16</sup>Па сепак знаеме дека човек не се помирува со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, туку преку вера во Исус Христос. Затоа и поверувавме во Исус Христос, за да бидеме прифатени од Бог преку вера во Христос, а не преку придржување кон Мојсеевиот Закон. Никој нема да се спаси придржувајќи се до Мојсеевиот Закон.“\n<sup>17</sup>Кога ние, Евреите, почнавме да бараме помирување со Бог преку вера во Христос, сфативме дека и ние сме грешници. Дали тоа значи дека Христос нѐ направи грешници? Се разбира, не!\n<sup>18</sup>Ако јас урнам нешто, а потоа се обидувам повторно да го изградам, ќе испадне дека сум згрешил што сум го урнал!\n<sup>19</sup>Кога се обидов да се придржувам до Мојсеевиот Закон, сфатив дека на тој начин никогаш нема да станам прифатлив за Бог. Затоа јас умрев за Законот, за да можам да живеам за Бог. Јас бев распнат со Христос,\n<sup>20</sup>и веќе не сум јас тој што живее во моето тело. Во мене Христос живее. Животот што сега го живеам, го живеам преку вера во Божјиот Син, Кој ја искажа Својата љубов спрема мене со тоа што го даде Својот живот за мене.\n<sup>21</sup>Јас не можам да гледам како се омаловажува Божјата благонаклоност спрема нас! Зашто, да можевме да се спасиме со придржување кон Мојсеевиот Закон, тогаш немаше потреба Христос да се жртвува!\n= Глава 3 =\n6 Верата во Христос наспроти Законот\n<sup>1</sup>О неразумни Галаќани! Кој ве маѓепса!? Пред ваши очи имавте толку јасна претстава за Исус Христос распнат на крстот.\n<sup>2</sup>Едно сакам да ми кажете: дали го примивте Светиот Дух преку придржување кон Мојсеевиот Закон, или така што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?\n<sup>3</sup>Како можете да бидете толку неразумни!? Започнавте со духовното, а сега сакате да станете совршени преку телесното!\n<sup>4</sup>Толку многу претрпевте, а попусто! Зарем попусто страдавте!?\n<sup>5</sup>Дали Бог ви Го даде Светиот Дух и изврши силни дела меѓу вас поради тоа што го спроведувавте Мојсеевиот Закон или поради тоа што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?\n<sup>6</sup>Така беше и со Авраам. Тој поверува и верата му се припиша како праведност.\n<sup>7</sup>Треба да ви биде јасно дека оние што Му веруваат на Бог се вистинските потомци на Авраам.\n<sup>8</sup>Светото писмо претскажа дека Бог ќе ги прифати сите народи врз основа на нивната вера во вистинскиот Бог. Тоа беше во оној дел кога Бог на Авраам му ја објави Радосната вест, велејќи му: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи.“\n<sup>9</sup>Тоа значи дека секој што ќе поверува во Христос ќе биде благословен, исто како што Авраам беше благословен бидејќи Му поверува на Бог.\n<sup>10</sup>Сите оние што се надеваат дека ќе се спасат преку придржување кон Мојсеевиот Закон живеат под проклетство! Светото писмо вели: „Проклет да е секој што не исполнува сѐ што е запишано во книгата на Законот.“\n<sup>11</sup>А дека никој не може да се оправда пред Бога преку придржување кон Мојсеевиот Закон јасно се гледа од она што го вели Светото писмо: „Праведникот добива живот преку вера.“\n<sup>12</sup>Законот не се засновува врз верата. Напротив, во него се вели: „Ако сакаш да добиеш живот преку придржување кон Мојсеевиот Закон, ќе мораш да се придржуваш до сите негови заповеди.“\n<sup>13</sup>Христос нѐ ослободи од проклетството на Законот, така што, наместо ние, Тој ги поднесе последиците на проклетството. Во Светото писмо е запишано: „Проклет е секој што е обесен на дрво.“\n<sup>14</sup>Така ветувањето што Бог му го даде на Авраам сега може преку Исус Христос да се исполни и сите народи да добијат благослов. Тоа ветување е дека ќе го примат Светиот Дух, врз основа на верата во Христос.\n7 Природата и целите на Мојсеевиот Закон\n<sup>15</sup>Драги пријатели христијани, да ви дадам еден пример од секојдневноста. Ако двајца луѓе склучат договор, никој од нив не може ниту да отстапи од него, ниту пак нешто да додаде кон него.\n<sup>16</sup>Ветувањето му беше дадено на Авраам и на неговиот Потомок. Светото писмо не вели „на твоите потомци“, како да се повеќемина, туку вели: „на твојот Потомок“, а тоа е Христос.\n<sup>17</sup>Сакам да кажам дека Мојсеевиот Закон не може да го промени или поништи ветувањето што Бог го даде четиристотини и триесет години пред да Му биде даден Законот на Мојсеј.\n<sup>18</sup>Ако добивањето на наследството зависи од придржувањето кон Мојсеевиот Закон, тогаш Божјото ветување не би играло никаква улога, а знаеме дека Бог му подари на Авраам наследство врз основа на Своето ветување.\n<sup>19</sup>Тогаш зошто постои Мојсеевиот Закон? Тој им беше даден на луѓето за да сфатат дека се грешни. Тој беше на сцена сѐ додека не дојде Потомокот за Кого беше дадено ветувањето. Постои уште една разлика. Ангелите му го дадоа Законот на Мојсеј, а тој им го пренесе на луѓето.\n<sup>20</sup>Посредник е потребен кога има две страни, а при ветувањето дадено на Авраам, Бог дејствуваше самостојно.\n<sup>21</sup>Тогаш, дали Законот е во спротивност со Божјото ветување? Никако! Ако Мојсеевиот Закон можеше да ни даде живот, тогаш луѓето ќе се помируваа со Бог со придржување кон Законот.\n<sup>22</sup>Светото писмо, меѓутоа, вели дека сите сме заробеници на гревот, па единствениот начин да го добиеме она што Бог го вети е преку вера во Исус Христос.\n<sup>23</sup>Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот нѐ чуваше како затвореници, под свој надзор.\n8 Божји деца преку вера\n<sup>24</sup>Така Законот ни беше воспитувач што нѐ водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера.\n<sup>25</sup>Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.\n<sup>26</sup>Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос.\n<sup>27</sup>Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос.\n<sup>28</sup>Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк, за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос.\n<sup>29</sup>Ако Му припаѓате на Христос, тогаш вие сте вистинските потомци на Авраам и вие ќе го добиете она што Бог му го вети.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Но, сѐ додека наследникот е малолетен не се разликува многу од роб, иако тој е сопственик на сѐ.\n<sup>2</sup>Старатели го чуваат и застапници ги водат работите во негово име, сѐ додека не дојде времето што го определил неговиот татко.\n<sup>3</sup>Така е и со нас. Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили.\n<sup>4</sup>Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син. Тој се роди од жена и живееше под Законот.\n<sup>5</sup>Бог го испрати Христос за да нѐ ослободи од Законот и, преку посвојување, да нѐ направи Божји деца.\n<sup>6</sup>За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во вашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Ава“, односно со „Татко“.\n<sup>7</sup>Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите сѐ што е Божјо.\n9 Апостол Павле е загрижен за Галаќаните\n<sup>8</sup>Порано, не познавајќи Го Бог, вие им робувавте на „богови“ кои по својата природа не се богови.\n<sup>9</sup>Сега Го познавате Бог, или поточно Бог, познавајќи ве вас, ве одбра да Го запознаете. Како тогаш можете пак да им се враќате на тие слаби и бедни световни сили!? Зошто сакате повторно да станете нивни робови?\n<sup>10</sup>Почнавте да славите одредени денови, месеци, годишни времиња и години.\n<sup>11</sup>Страхувам за вас! Се плашам дека попусто се трудев околу вас.\n<sup>12</sup>Драги пријатели христијани, ве молам, бидете како мене - ослободени од тие работи, како што и јас станав како вас, неевреите - ослободен од Мојсеевиот Закон.\nКога бев кај вас вие со ништо не ме повредивте.\n<sup>13</sup>Се сеќавате дека бев болен кога првпат ви ја проповедав Радосната вест.\n<sup>14</sup>Иако мојата телесна слабост можеше да биде големо соблазнување за вас, вие не ме презревте, ниту пак одбивте да ме слушате, туку ме примивте како да сум Божји ангел, како да сум Самиот Исус Христос.\n<sup>15</sup>Каде е сега вашето воодушевување? Тогаш да можевте и сопствените очи ќе си ги ископавте и ќе ми ги дадевте!\n<sup>16</sup>Зарем ви станав непријател затоа што ви ја кажувам вистината?\n<sup>17</sup>Тие лажни учители ве опсипуваат со внимание, но нивните побуди не се добронамерни! Сакаат да ве одвојат од мене и да ве придобијат за себе.\n<sup>18</sup>Треба постојано да бидете ревносни за доброто, а не само додека сум јас кај вас.\n<sup>19</sup>Деца мои, повторно минувам низ породилни болки заради вас, и тоа ќе трае сѐ додека да се создаде Христова природа во вас.\n<sup>20</sup>Колку би сакал токму сега да сум со вас и да ви се обратам со поинаков тон, зашто вашата состојба навистина ме збунува!\n10 Двата сина на Авраам\n<sup>21</sup>Слушнете ме сега вие што сакате да се придржувате кон Мојсеевиот Закон: Знаете ли што, всушност, кажува тој Закон?\n<sup>22</sup>Во Светото писмо пишува дека Авраам имаше два сина: еден од робинка и еден од слободна жена.\n<sup>23</sup>Синот од робинката беше роден во обид човекот да ги оствари Божјите ветувања, а синот од слободната жена се роди така што Бог го исполни Своето ветување.\n<sup>24</sup>Се работи за алегорија. Овие две жени преку кои се родија Исмаил и Исак претставуваат два завета. Првиот, претставен преку Агара, е Законот даден на планината Синај, кој ги поробува луѓето.\n<sup>25</sup>Агара ја претставува планината Синај во Арабија и ја прикажува сегашната состојба на Ерусалим, кој живее во ропство, заедно со сите свои жители.\n<sup>26</sup>Сара го претставува небесниот Ерусалим. Таа не беше робинка, туку слободна. Таа е нашата мајка.\n<sup>27</sup>Светото писмо за неа вели:\n=П „Радувај се жено неротко, =П ти што деца не си раѓала, =П излези и викај од радост =П ти што не си видела породилни маки, =П зашто повеќе деца ќе има неротката, =П од жената што има маж.“\n<sup>28</sup>Вие, драги христијани, исто како и Исак, сте деца родени по ветување.\n<sup>29</sup>Во тоа време детето родено од робинката го прогонуваше детето што беше родено по ветување. Така е и сега: телесните луѓе нѐ прогонуваат нас, родените од Светиот Дух.\n<sup>30</sup>Но, еве што вели Светото писмо: „Избркај ги робинката и нејзиниот син! Синот на робинката нема да биде сонаследник со синот на слободната. Синот на слободната жена ќе добие сѐ.“\n<sup>31</sup>Значи, драги христијани, ние не сме деца на робинката, туку на слободната жена.\n= Глава 5 =\n11 Предноста и одговорноста на христијанската слобода\n<sup>1</sup>Значи, ние сме слободни! Христос нѐ ослободи. Држете се цврсто до таа слобода и не дозволувајте повторно да ви го стават јаремот на ропството, односно Мојсеевиот Закон.\n<sup>2</sup>Слушнете ме сега! Јас, Павле, ви тврдам дека ако се надевате преку обрежувањето да се спасите, тогаш Христос не може да ви помогне.\n<sup>3</sup>Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон.\n<sup>4</sup>Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност.\n<sup>5</sup>А ние, христијаните, со нетрпение очекуваме да бидеме оправдани, но преку Светиот Дух и преку вера.\n<sup>6</sup>За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не. Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.\n<sup>7</sup>Добро напредувавте. Кој ве спречи да продолжите да ја следите вистината?\n<sup>8</sup>Тоа сигурно не е Бог, зашто Тој ве избра.\n<sup>9</sup>Малку квасец треба за да скисне целото тесто!\n<sup>10</sup>Јас сепак верувам дека Господ ќе ве одржи за да не отстапите од вистината, а оние што ве збунуваат, кои и да се, ќе си ја добијат заслужената казна.\n<sup>11</sup>Што се однесува до обвинувањата против мене, драги пријатели христијани, дека јас сѐ уште проповедам оти обрежувањето е неопходно, зошто тогаш Евреите ме прогонуваат? Да е така, она што јас го проповедам за Христовиот крст не би претставувало камен на сопнување за нив.\n<sup>12</sup>Би сакал оние што ве збунуваат терајќи ве да се обрежете, да не застанат на обрежувањето, туку самите себе и да се кастрираат!\n<sup>13</sup>Што се однесува до вас, драги пријатели христијани, вие сте избрани да живеете во слобода. Немојте, меѓутоа, таа слобода да ви биде изговор за да дозволите телесното да завладее со вас. Напротив, со љубов служете си еден на друг.\n<sup>14</sup>Зашто, целиот Закон може да се сведе само на една заповед: „Сакај го својот ближен како што се сакаш себеси.“\n<sup>15</sup>Но, ако наместо да се сакате, се гризете и се растргнувате како диви ѕверови, внимавајте, сосема да не се уништите!\n12 Да се живее со помош на Светиот Дух\n<sup>16</sup>Сакам да ви го кажам следново: дозволете Светиот Дух да ве раководи и нема да им подлегнувате на грешните телесни похоти.\n<sup>17</sup>Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти. Овие две сили се борат една против друга. Тоа значи дека нема да можете да правите сѐ што ќе посакате.\n<sup>18</sup>Но ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот.\n<sup>19</sup>Плодовите на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат,\n<sup>20</sup>идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси,\n<sup>21</sup>завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив. Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство.\n<sup>22</sup>Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност,\n<sup>23</sup>кроткост и самоконтрола. Не постои закон што е против вакви нешта.\n<sup>24</sup>Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти.\n<sup>25</sup>Ако Светиот Дух ни дал живот, тогаш треба да живееме согласно Неговото водство.\n<sup>26</sup>Не смееме да бидеме самобендисани, да се провоцираме еден со друг или да си завидуваме.\n= Глава 6 =\n13 Што ќе посееме, тоа ќе ожнееме\n<sup>1</sup>Драги пријатели христијани, ако некој од вас заглиби во некаков грев, вие што сте подуховни треба да му помогнете да се извлече, но внимателно, чувајќи се и вие да не бидете завлечени.\n<sup>2</sup>Помагајте си еден со друг кога имате проблеми. На тој начин ќе го извршувате Христовиот Закон.\n<sup>3</sup>Ако некој мисли дека е премногу важен за да им помага на другите, самиот се залажува. Со тоа само покажува дека е никој и ништо.\n<sup>4</sup>Секој треба да си ги проценува сопствените постигања, без да се споредува со други луѓе. Ако некоја работа е добро извршена, тоа треба да биде за лично задоволство, а не за да се фали пред другите.\n<sup>5</sup>Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.\n<sup>6</sup>Оние што присуствуваат на поуки од Светото Писмо, нека ги делат сите свои добра со учителот што ги поучува.\n<sup>7</sup>Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ! Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее!\n<sup>8</sup>Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот.\n<sup>9</sup>Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното.\n<sup>10</sup>Затоа, секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.\n14 Завршни совети\n<sup>11</sup>Гледате со колкави големи букви ви пишувам кога пишувам со сопствена рака!\n<sup>12</sup>Оние што се обидуваат да ве натераат да се обрежете го прават тоа само за да не бидат прогонувани поради проповедање дека спасението доаѓа само преку вера во Христовата жртва на крстот.\n<sup>13</sup>Зашто ни самите тие, иако се обрежани, не се придржуваат кон целиот Закон. Тие сакаат да ве натераат да се обрежете, само за да се фалат дека ве придобиле.\n<sup>14</sup>Што се однесува до мене, да не даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со придобивките од крстот на нашиот Господ Исус Христос. Поради тој крст, умре во мене интересот за овој свет, а умре и интересот на овој свет за мене.\n<sup>15</sup>Не е важно дали е човек обрежан или не. Важно е да се промениме, да станеме нови луѓе.\n<sup>16</sup>На сите што ќе се придржуваат кон ова правило им посакувам мир и милост од Господ. Тие се новиот Божји народ.\n<sup>17</sup>Отсега натаму никој нека не ми додева со вакви обвинувања, зашто јас на сопственото тело носам лузни што покажуваат дека Му припаѓам на Христос.\n<sup>18</sup>Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет, и духовно нека биде со вас, драги мои. Амин.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 3613, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3258", "title": "Васил Иљоски", "text": "Васил Иљоски (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Васил Иљоски бил единствениот македонски писател кој цели пет децении останал ангажиран во областа на литературното македонско драмско творештво.\nВасил Иљоски се школувал во Куманово и Скопје. Тој завршил Филозофски факултет во Скопје за подоцна да биде професор на Педагошката академија. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија од нејзиното основање во 1947 година па сè до неговата смрт.\n1 Творештво\n* „Ленче Кумановче“ односно „Бегалка“ * „Чорбаџи Теодос“ * „Ученичка авантура“ * „Биро за безработни“\n* „Пиши, Панче“ * „Два спрема еден“ * „Чест“ * „Кузман Капидан“ * „Син и татко“ * „Допирни точки“ * „Окрвавен камен“ * „Свадба“ * „Смрт за живот“\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB_%D0%98%D1%99%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 136, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3268", "title": "Петре М. Андреевски", "text": "Петре Миланов Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) е поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател.\n1 Творештво\nСтихозбирки:\n* Јазли (1960)\n* И на небо и на земја (1962)\n* Дениција (1968)\n* Дални наковални (1971)\n* Пофалби и поплаки (1975)\n* Вечна куќа (1987)\n* Лакримариј (1999)\nКниги со раскази:\n* Седмиот ден (1964)\n* Неверни години (1974)\n* Сите лица на смртта (1994)\nРомани:\n* Пиреј (1980)\n* Скакулци (1983)\n* Небеска Тимјановна (1988)\n* Последните селани (1997)\n* Тунел (2003)\nКнигата драми (1984), во која влегуваат:\n* Време за пеење\n* Богунемили\nСтихозбирки за деца:\n* Шарам барам\n* Касни порасни", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%9C._%D0%90%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 147, "cyrillic": 0.992}
{"id": "3276", "title": "Димитар Солев", "text": "Димитар Солев (Скопје, 24 мај 1930 - Скопје, 24 септември 2003 година) е македонски раскажувач, романописец, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач. Студирал на Филозофскиот факултет, а завршил на групата по историја на југословенските литератури. Бил директор на Македонската телевизија, на НУБ „Климент Охридски“, уредник на списанието „Разгледи“, член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1956 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија, а одреден период е и негов претседател.\n1 Творештво\nЗбирки раскази:\n* Окопнети снегови (1956)\n* По реката и спроти неа (1960)\n* Ограда (1963)\n* Зима на слободата (1968)\n* Слово за Игора (кратки приказни, 1969)\n* Полжави (1975)\n* Црно огледало (1985)\n* Одумирање на државата (1990)\n* Промена на системот (1993)\n* Ќелав штурец\n* Синовски татковци (постхумно, 2006)\nРомани:\n* Под усвитеност (1957)\n* Кратката пролет на Моно Самоников (1964)\n* Дрен (1980)\n* Зора зад аголот (1984)\n* Дублер (1988)\n* Мртва трка (1998)\nЕсеи:\n* Кво вадис скриптор (1970)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B2", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3333", "title": "Рајко Жинзифов/ Просјак", "text": "Просјак с гусла јаворова\nПо улици шетат сам,\nПеит просјак песња нова,\nНешто раскажуват нам.\nИ ударат по тетиви,\nВешто мрдат прсти он,\nИз уста му думи живи\nЛетајат дор в небосклон.\nПесња му ет жална, милна,\nОт срце и от душа,\nТа ет жива, та ет силна,\nНам каменна ет душа.\nА што пеит? Кого славит,\nИздихајќи с тежок стон?\nИ за што он срце давит?\nДа разбудит нас от сон.\nПеит за народност, пеит\nЗа баштина и љубов,\nИ нас сâлнце да огреит,\nИ да никнит живот нов.\nДа не гоним ни народно,\nВсе што ет драго нам,\nВсе што е свето, домородно,\nШто дедови дали нам.\nДа не мразим, да не гоним\nНаша света старина,\nНе разсудим, нека спомним\nИ за нама бâдина.\nПросјак, твој глас, кој го слушат,\nГусла хврли, замâлкни!\nМоди нека губат, душат\nВ наше време, в наши дни.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 57, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%81%D1%98%D0%B0%D0%BA", "word_count": 166, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3338", "title": "Рајко Жинзифов/ Доба", "text": "Ке дојдит доба, ке дојдит доба,\nИ таа доба не ет далеко,\nДа сја исполнит народна молба,\nЖелање горешто, ак и не леко.\nНе, дошла доба, минута свјаштена,\nЗагрмело веч бâлгарско слово,\nСвршават сја волја општонародна,\nНо мâчно, широко поприште ново.\nИ ум оно искат и разум и вера,\nТрпење и владање разумно,\nДа сја посеит сеидба сос мера\nНа наше широко народно гумно.\nИ сејачи да сет сос памет, сос ука,\nВ земља добра семе да паднит,\nДа не плевел задавит очукат,\nДа не пак чужд го откраднит.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 59, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%94%D0%BE%D0%B1%D0%B0", "word_count": 110, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3336", "title": "Рајко Жинзифов/ Молитва (препев)", "text": "Ја, мајко божија, днес сос молитви\nпред твој образ колена свивам,\nсоснеми уста, но сос мисли живи\nмое срце пред теб откривам.\nАнгел смртоносец в ношти безгласни\nлиши нас в една полгодина\nот три добродетелни души прехрани,\nтвоја ли волја ил сâдбина?\nСечит заштитници сâдба смртоносна.\nЗашто? За народни ли грешки?...\nДај нам помош с дни чрни, с дни тежки,\nтаква сâдбина нам несносна.\nВижд, мајко божија, мое страдање,\nживот и помин, мое трпење...\nЧиста, пречиста, прости ми роптање,\nобколи душа ми с мирно трпење.\nЗаступницо тепла, чеј ми молитва,\nмолитва горештина, сâлзлива:\nземи три жертви во свети прегршки,\nпрости им неволни погрешки.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 58, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%28%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%B5%D0%B2%29", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3331", "title": "Рајко Жинзифов/ Охрид", "text": "Ја в полношт мрачна, беззвездна,\nБоже, на високо место,\nС сâлзи во очи, с душа жедна\nЗа Охрид ја мислех често.\nЗа Охрид, столица духовна,\nЗа тепла вера тогашна,\nКак с народна дума, безрешна,\nКлимент счавјанска молитва,\nБожјо предаваше слово,\nВо Охрид, во стара црква\nСос облекло Кирилово.\nКак на свој јазик народен\nПроповедал кротко, мило,\nДух на љубов, дух свободен,\nОн кадејќи сос кадило.\nОн в црква с љубов, с смирење\nОн свое словесно стадо\nСос Кирилово учење\nНапојувал старо, младо.\nИ как народ грмогласно\nВ стара црква охридска\nПроизнесеше согласно\nОн молитва си славјанска.\nИ сега, о боже, често\nСос очи влажни, сâлзливи\nОт това високо место\nПраштам ти тепли молитви\nПастир прати им духовен\nДа пасит славјанско стадо,\nС дух народен, дух свободен\nДа утешит старо, младо.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 56, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4", "word_count": 151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3325", "title": "Рајко Жинзифов/ Глас", "text": "Далеч од баштина, далеч од роднини,\nНе в чужда за мене земја,\nВ полјани кичести, зелени долини,\nСамичак в планина шетам ја.\nЈа сја расхождам, но на душа ми тешко\nИ једни мисли мене борат,\nИ мене стават то студено, то жешко,\nИ чувства то гаснат, то горат.\nЈа искам сенка, ја искам прохлада,\nДушевна ја искам тишина,\nЧе клето ми срце доста вече страда,\nИ сја нагледа вцекаква злина:\nКоварство сос бедност, сос гордост лукавство,\nСон мртов, глупава простота,\nЉубов на слова, и слога без братство,\nИ хитрост, лâжлива доброта.\n„Безумец, безумец душа ти леница,-\nЈа чух невиден и таен глас -\nСпреги плуг за заборавената нива,\nЧе блиска ет доба, близок ет час.\nСтани, земи остен в рâце, работај\nТи ден и ношт, сос пот,\nИстреби трње, исчисти троскот, изорај\nБесплодна нива да дадит плод.\nСтани, безумец сос молитва горешта\nТи клетва дај, стори си крст,\nСтани ти, иди напред, иди на срешта,\nНо бој сја, бој сја, Божји прст“.\n- Готов сум, сја кâлнам, да изорам нива.\nКажи кој си ти, невиден глас?\n„Чуј! - загрме, глас сја одзива -\nЈа сум Божји гнев, народен глас!“\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 40, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%93%D0%BB%D0%B0%D1%81", "word_count": 206, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3346", "title": "Рајко Жинзифов/ Недопејана песња", "text": "Доста ми сâлзи лихме, пролихме,\nТебе кланајќи с тебе молејќи\nИли пред тебе ми согрешихме\nКато Евреи, жâлти Еврејки?\nО, не дај боже, като Евреи\nД сја разпрснем по земља чрна;\nНек нас убиет, нек онемеит\nГроза небесна, острата мâлња.\nНам не помагат с сâлзи, молитви,\nЖртви олтарно, поклони ниски...\nНам са потребни крвави битви,\nЧас на сâдба ни мож’ да е блискиј!...\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 113, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D1%9A%D0%B0", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3262", "title": "Гане Тодоровски", "text": "Академик Гане Тодоровски (роден на 11 мај 1929, Скопје) е македонски поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист.\n1 Творештво\n*''Во утрините'' (поезија, 1951),\n*''Тревожни звуци'' (поезија, 1953),\n*''Спокоен чекор'' (поезија, 1956),\n*''Божилак'' (поезија, 1960),\n*''Апотеоза на делникот'' (поезија, 1964),\n*''Претходниците на Мисирков'' (студии и огледи, 1968),\n*''Горчливи голтки непремолк'' (поезија, 1970),\n*''Снеубавен ден'' (поезија, 1974),\n*''Трактати за сонцељубивите'' (есеи и записи, 1974),\n*''Веда Словена'' (1979),\n*''Маѓепсан мегдан'' (литературни записи, 1979),\n*''Скопјани'' (поезија, 1981),\n*''Подалеку од занесот, поблизу до болот'' (студии, 1983),\n*''Со збор кон зборот'' (студии и критики, 1985),\n*''Поход кон Хеликон'' (студии, 1987),\n*''Неволици, неверици, несоници'' (поезија, 1987),\n*''Неодложни љубопитства'' (студии, записи и критики, 1987),\n*''Недостижна'' (поезија, 1995),\n*''Осамен патник'' (поезија на англиски, 1996).\nСоставувач е на антологиите:\n*''Песната - храброст'' (1975),\n*''Австриската поезија на ХХ век'' (1982),\nи други, а како коавтор ги приредил антологиите:\n*''Словенечки поети'' (1956),\n*''Езерска земја'' (1967),\n*''Правостоина'' (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968),\n*''Нова хрватска поезија'' (1973),\n*''Современа хрватска поезија'' (1981).\n2 Забелешки", "subject": ["Гане Тодоровски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 164, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3344", "title": "Рајко Жинзифов/ Брату си", "text": "Не дај, боже, да залудеит\nДржејќи в рâце торба, стап,\nНе дај душевно да немеит,\nДа бидит он другему раб.\nНе дај по кâшти он да простит,\nОд едниго риза, сол, хлеб,\nИ дрехи другего да носит.-\nПохарно грбав или слеп.\nНе дај при трпеза богата\nДа бидит низок трошкоед,\nИли стоејќи в агâл зад врата\nДа чекат за молба свој си ред.\nНе дај да бидит он играчка,\nНе дај да бидит другим смех,\nНе дај да бидит на злото рачка,\nДуша му нек не знаит грех.\nНе дај с очи влажни, сâлзливи\nДа стоит пред праг на горд-зол,\nДа слушат думи љути, диви:\n„Пâдере го, он ништ и гол“.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 64, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%91%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%83_%D1%81%D0%B8", "word_count": 133, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3270", "title": "Ацо Шопов", "text": "Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 - 20 април 1982), академик, поет и преведувач. Ацо Шопов бил еден од основоположниците на модерната македонска литература. Бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“ и др., главен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“ и нејзин директор. Бил претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство и претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија. Бил амбасадор во Сенегал (1972 - 1976). Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од неговото основање (1947).\n1 Творештво\n* Песни (1944)\n* Пруга на младоста (поезија заедно со С. Јаневски, 1947)\n* На Грамос (поезија, 1950)\n* Со наши раце (поезија, 1950)\n* Стихови за маката и радоста (поезија, 1952)\n* Слеј се со тишината (поезија, 1955)\n* Ветерот носи убаво време (поезија, 1957)\n* Небиднина (поезија, 1963)\n* Јус-универзум (сатирични песни, 1968)\n* Гледач во пепелта (поезија, 1970)\n* Песни за црната жена (поезија, 1976)\n* Дрво на ридот (поезија, 1980)\n* Гледач во пепелта. Приредил Ристо Лазаров. „Везилка 2011“, едиција „Врвови“. Скопје, 2013.\nИзбори:\n* Песни (1963)\n* Раѓање на зборот (1966)\n* Песни (1967)\n* Избор (1968)\n* Златен круг на времето (1969)\n* Поезија (одбрани дела кн. 1 и 2, 1976)\n* Океанот е мал, човекот е голем (1977)\n* Лузна (1981)\n* Избор од поезијата (1987)\n* Небо на тишината (1990)\n* Гледач во пепелта (1991)\n* Поезија (избор кн.1, 1993)\n* Шопов во светот, Шопов од светот (избор кн. 2, 1993)\n* Долго доаѓање на огнот. Приредувач Светлана Шопова. Скопје: Либер-М, 1993.\n* Поезија. Избор од поезијата на Ацо Шопов. Приредувач Катица Ќулавкова. Скопје: Македонска книга, 1993.\n* Лузна = Stigmate. Избор: Јасмина Шопова. Скопје. Матица македонска, 2001. 253 стр. (македонски и француски)\n* Сенгор – Шопов : Паралели. Приредила Јасмина Шопова. Предговори : Јасмина Шопова, Амиду Сал, Ристо Лазаров. Илустрации : Христијан Санев. Скопје : Сигмапрес, 2006. 206 стр. (македонски и француски)\n* Раѓањето на зборот. Избор и предговор : Катица Ќулавкова. Битола: НИД „МИКЕНА”, 2008.\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%86%D0%BE_%D0%A8%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2", "word_count": 307, "cyrillic": 0.996}
{"id": "3342", "title": "Рајко Жинзифов/ Гарван", "text": "Гарван, гарван, за што гракаш?\nГарван, птицо чрна,\nВ сухи гранки тук-там скакаш?\nНе ли искаш зрна?\nГарван, кажи, кажи, клетник,\nКакви вести носиш!\nГарван, гарван, ти зол вестник,\nНе ли жалост носиш?\nЗамâлкни де, онемел би!\nСрдце не раздирај!\nНе гракај, окаменел би!\nШтастје ми не гибај!\nВ сухи гранки гарван скакат,\nОн не искат зрна,\nОн за лошо, диво гракат,\nГарван птица чрна:\n„Зла судбина, зла судбина\nСтигна лудо, младо,\nТебе с млада ти дружина,\nКак чумаво стадо.\nТокму, кој бе вам заштита,\nСкина - велит птица -\nКлета сидба, без да пита,\nНа живот му жица.\nМладо с млада ти дружина\nСкитај сја как скитник,\nЗеде клета ви судбина\nТрети ваш заштитник.\nТрима беха, погинаха\nВ една полгодина,\nВ вечен живот поминаха,\nГорка ви судбина!“\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 62, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%93%D0%B0%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%BD", "word_count": 148, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3348", "title": "Рајко Жинзифов/ До б’лгарската мајка", "text": "Мајко злочеста, ти мајко страдалница,\nМâтни са сâлзи ти, как и Брегалница,\n::Мâтни са студени вâлни.\nРониш ти сâлзи, а срце разпарјаш ми:\nПитам напраздно ја - не отговарјаш ми -\n::Сладки л’ са мајче они?\nШто си застанала, мајко, над сина си?\nШто си наведнала очи и клепки си?\n::Гледаш и мрачно ти так?\nПоглед на него си хврлила жалостен,\nДен ли за тебе тој скрбен нерадостен,\n::П’лен сос тâга и с мрак?\nШтеш ли да бâдеш ти нам утешение?\nПеј му ти песња за вечно трпение,\n::Пеј му ти, мајко, му пеј!\nПеј и за негово вечно страдание,\nПеј му да нема в душа си роптание,\n::Пеј ти и сâлзи не леј!\nОште за кротко му пеј послушание,\nСтанал като јагне и тој на заклание\n::Кроток и мирен, готов.\nИ за душевно му пеј онемение,\nИ за телесно ми пеј ослепение,\n::Само не пеј за љубов!\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 98, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%94%D0%BE_%D0%B1%E2%80%99%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 168, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3350", "title": "Рајко Жинзифов/ Стихотворение", "text": "Питала е Бâлгарија\nСињо небо, сињо море,\nПитала е бујни ветри,\nПланини ѝ и долини:\n„Ја кажете, сињо небо,\nСињо небо, сињо море,\nКој ме кладе во вериги,\nВо вериги, в тешки мâки?“\nГлас си дават сињо море:\n„Бог те кладе во вериги,\nВо вериги, в тешки мâки,\nЧе власт сега е од бога,\nСвета книга така велит“.\nВикнаха тук бујни ветри,\nПланини, па и долини:\n„Тебе кладоха во вериги\nГрчка завист, грчка злоба\nИ домашна ти неслога.“\nСветска книга така велит,\nСветска книга старославна.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 95, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%A1%D1%82%D0%B8%D1%85%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5", "word_count": 106, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3266", "title": "Славко Јаневски", "text": "Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 - Скопје, 20 јануари 2000) бил истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Во Скопје завршил основно и стручно-техничко училиште. Од 1945 година е уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, потоа главен уредник на списанието за деца „Титовче“, на списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, на литературниот весник „Хоризонт“ и на хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работи како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“.\n1 Творештво\n*Крвава низа (поезија, 1945)\n*Пруга на младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946)\n*Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946)\n*Распеани букви (поезија за деца, 1946)\n*Милиони маченици (поема за деца, 1948)\n*Егејска барутна бајка (поезија, 1949)\n*Песни (1950)\n*Улица (повест, 1950)\n*Лирика (1951)\n*Село зад седумте јасени (роман, 1952)\n*Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952)\n*Кловнови и луѓе (раскази, 1956)\n*Две Марии (роман, 1956)\n*Леб и камен (поезија, 1957)\n*Месечар (роман, 1959)\n*Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959)\n*Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959)\n*Горчливи легенди (патописна проза, 1962)\n*И бол и бес (роман, 1964)\n*Стебла (роман, нова верзија на „Село зад седумте јасени“, 1965)\n*Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966)\n*Црни и жолти (поезија за деца, 1967)\n*Каинавелија (поезија, 1968)\n*Тврдоглави (роман, 1970)\n*Омарнини (раскази, 1972)\n*Ковчег (раскази, 1976)\n*Оковано јаболко (поезија, 1978)\n*Астропеус (поезија, 1979)\n*Змејови за игра (поезија, 1983)\n*Миракули на грозомората трилогија: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (1984)\n*Девет Керубинови векови (роман, 1987)\n*Глуви команди (поетски избор, 1988)\n*Песји шуми (поезија, 1988)\n*Чудотворци (роман, 1988)\n*Рулет со седум бројки (роман, 1989)\n*Скаменетиот Орфеј (поетски избор, 1990)\n*Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1991)\n*Зад тајната врата (раскази, 1993)\n*Континент Кукулино (проза, 1996)\n*Пупи Паф во Шумшул град (книга за деца, 1996)\n*Пупи Паф гледа од вселената (1996)\n*Пупи Паф господар на соништата (1996)\n*Депонија (роман, 2000)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%BE_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 317, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3274", "title": "Живко Чинго", "text": "Живко Чинго е роден на 13 август 1935 г. во с. Велгошти, Охридско, умрел на 11 август 1987 г. во Охрид. Завршил Филозофски факултет во Скопје, извесно време работел како професор по литература во гимназија во Охрид, а потоа во Скопје работел во „Студентски збор“, „Млад борец“, Радио-телевизија Скопје, во Центарот за политички студии во Скопје и во Републичкиот комитет за култура. Бил директор на Македонскиот народен театар. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година.\n1 Творештво\n*''Пасквелија'' (раскази, 1961)\n*''Семејството Огулиновци'' (раскази, 1965)\n*''Нова Пасквелија'' (раскази, 1965)\n*''Сребрени снегови'' (роман за деца, 1966)\n*''Пожар'' (раскази, 1970)\n*''Големата вода'' (роман, 1971)\n*''Жед'' (сценарио, 1971)\n*''Поле'' (сценарио, 1971)\n*''Образов'' (драма, 1973)\n*''Ѕидот, водата'' (драма, 1976)\n*''Вљубениот дух'' (раскази, 1976)\n*''Кенгурски скок'' (драма, 1979)\n*''Макавејските празници'' (драма, 1982)\n*''Накусо'' (раскази, 1984)\n*''Пчеларник'' (сценарио, 1988)\n*''Гроб за душата'' (раскази, 1989)\n*''Бабаџан'' (роман, 1989)\n*''Бунило'' (раскази, 1989)\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B8%D0%B2%D0%BA%D0%BE_%D0%A7%D0%B8%D0%BD%D0%B3%D0%BE", "word_count": 150, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3352", "title": "Рајко Жинзифов/ Близ реката Вардар", "text": "Близ реката Вардар има планина,\nПри неја полјана, широка она,\nА в таја полјана кичеста трава,\nДа продумат готова с живи слова.\nТамо, о мила, во шума, во гора,\nПри ветер прохладен, во глабока зора,\nРадостно славеј сја разбудват от сон\nИ слатко и мило песни пеит он.\nИ тамо на утро ветер веит чист\nИ кротко нишат на дрвета лист,\nТам радостбо пасит елен виторог,\nТам радостно играт кошут брзоног.\nТам распуснал си гранки јавор висок,\nОн пâлноцветен, гâстолист и широк,\nИ тој јавор зготвил нам шатор сенлив.\nПод него ја седам нажален, сâлзлив.\nТамо, ти мила, дојди при тој си рај,\nПри мене седни и целувка ми дај,\nС поглед умилен на мене погледни,\nГорки ми сâлзи и тâга изгони.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 67, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%91%D0%BB%D0%B8%D0%B7_%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80", "word_count": 143, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3354", "title": "Рајко Жинзифов/ Сељанка", "text": "На утро во селска мала црква\nСја молит на колена она,\nСос нема молитва и мртва\nХубавица и млада жена.\nЖена ет, но ет младоженка\nИ за селски момак хубавец,\nОна моминска дала вејка\nИ дала му момински венец.\nИ во дреха селска народна\nСја молит, сја крстит она\nСос дума проста и свободна,\nС душа чиста, безгрешна жена.\nУ неја молитва ет прва\nОд чисто срце и без злина,\nМолитва не крива лукава\nНе горда, пâлна сос правина.\nОна там сја клањат, сја молит\nИ млада навеждат глава,\nИ смирно пред себе сја пулит\nИ неми уста и без слова.\nСја молит: во младост погрешки\nДа немат ни в старост она:\nС дни светли, не чрни, не тешки\nДуша ѝ да ет опколена.\nДа ет весела, жива, здрава\nДа имат душевна тишина,\nРаботна на поле как мрава,\nда ет и кротка без љутина.\nСја молит оште и за нешто,\nПоклони си клават на земља...\nАли чие срце ет вешто\nНека погодит - замâлкнувам ја.\nСело С...\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 65, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%A1%D0%B5%D1%99%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 187, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3357", "title": "Рајко Жинзифов/ После смртта на Н. Огњанов", "text": "О Бâлгарио света, пресвета,\nБаштино мила, баштино драга!\nШте ли се сврши сâдба ти клета?\nСили ти немаш, бог да помага!\nДал’сили немаш, време л’ помина?\nСинове твои, млади момчета,\nСтрадни по тебе в тешка чуждина\nКосит при цвет им сâдбина клета\nДуши прехрани без време гинат,\nВ млади, зелени, рани години.\nИскат ти добро, што да ти чинат?\nСмрт биет, грабит, души невини.\nПред час си смртен, издих последен,\nВеч кога срце беше изгнило,\nКаза Огњанов страден и жеден,\n„О, Бâлгарио! Име ти мило!“\nВечна ти памја клетиј Огњанов,\nТа тежок беше и твојот крст!\nС теб’ се споменва брат ти Катранов,\nВечна ви памјат, лека ви прст!\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 84, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5_%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D._%D0%9E%D0%B3%D1%9A%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2", "word_count": 131, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3361", "title": "Рајко Жинзифов/ На младенецот а...", "text": "Младенец как Ангел прехарен младенец,\nТи прва си рожба, ти мајци првенец,\nИ чиста пречиста душа ти невина,\nКак Анегл небесен во рајска градина.\nКога горна за спање навеждаше клепка,\nА мајка те клават во малка колепка,\nНа мека постеља, на мека перница,\nПод нејна пазуха заспиваш как птица.\nИ дор да заспиеш с пазуха те хранит,\nТе чуват, те хладит, од муха те бранит,\nТи баит, ти пеит и песни детински,\nОна тешки забрават болки рожбински.\nСпавајќи слатко сос нега големеиш,\nСпокоен ти духâт и в сон ти сја смеиш\nМладенец, сонуваш усешташ ли нешто?\nОн спиет нек кажит чие срце ет вешто.\nСпи ти младенец под божја обрана,\nСвет на правина нек ти бидит храна,\nДуша ти нек не знаит хитрост, лукавство,\nНи злоба, ни завист, ни гнâсно коварство.\nРасти младенец, ти прехрано рождење,\nС божие и с батино благословење,\nДуша ти нек видит дни светли и радост,\nОд рана ти младост до глâбока старост.\nСело С...\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 68, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9D%D0%B0_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%86%D0%BE%D1%82_%D0%B0...", "word_count": 180, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3385", "title": "Константин Миладинов/ Клетва", "text": "Кој клеветит праината божја,\nДа му капнит јазик до грчмâник:\nСе да зборвит, нишчо да не кажвит;\nСите љуѓе него да слушает,\nИ пак сите да го одбегвеет;\nСам д’останет како улаица\nИ да кукат на камеиња голи!\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%9A%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3383", "title": "Константин Миладинов/ Думание", "text": "Зашчо, зашчо ја да љубам?\nЗашчо себеси да губам?\nОкул-нокул јарка младост,\nОт љубовта барат ладост.\nТја лад не дат, пламен даат,\nИ во мâки души клаат.\nЗашчо, зашчо ја да љубам?\nЗашчо себеси да губам? -\nЈарка младост, јарко греит\nИ ко цвеќе ме венеит.\nБарам сенка да с’оладвам,\nВ место сенка, в жарој падвам.\nЗашчо, зашчо ја да љубам?\nЗашчо себеси да губам? -\nМладост срцето ми печит\nБез надежда да м’излечит.\nЕла, младост, усили се\nИ во мене угасни се!\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%94%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3359", "title": "Рајко Жинзифов/ Европеизмот во Шумен", "text": "Ево веч помина\nИ трета година\nКак с млада дружина\nЈа сум на чуждина.\nЖеден сум и гладен\nЗа некакво ново,\nДа чујам сум страден\nОд баштина слово.\nНо в друга година\nДојде момче младо,\nВлезе при дружина,\nВо нашето стадо...\nВ мила Бâлгарија\nОште ли грцизâм\nГрчка поразија? -\nНе! - Европеизâм.\nВелит в Бâлгарија\nИма веч учење,\nИма свободија,\nИма проствештење,\nВсе оште е потребно\nВсекаква уредба,\nВсе што ет полезно...\nМâлчи, не разбираш\nНишто не познаваш.\nНа Михала имаш\nНештичко да даваш. -\nВелит: биди умен!\nПојди в Бâлгарија,\nВ град прочуен, Шумен\nКаква свободија!\nС високо капело\nМладите момчета,\nС широко мантело\nПо улици шетат.\nНозе им не боси,\nНо во штифалети,\nСос помада коси\nНа очи лорнети.\nМлад ли бил ил матор,\nС бели нараквици,\nНосат свилен шатор\nИ златни петлици.\nИ за сјуртук моден,\nХврли он народен\nИ дрехи народни.\nИ сос френска риза\nИсто като Френец,\nБâлгарин излиза\nЧисти Европеец.\nБрзат, бегат, трчит\nВ еде-која кâшта,\nДа стигнит сја стегат,\nНе далеч на стрешта.\nВлегуват со стаја,\nТа пâлна сос гости\nОд краја до краја...\nПо френски сја клањат -\nБон жур чичо Стојчо -\nПо френски му вељат -\nБон жур мусе Волчо.\nС мисли европејски\nПâлна им главата,\nИ за думи френски\nЖедна им душата.\nШуменски девојки\nФренски дрехи зели,\nВеч сет Европејки.\nСет мадмоазели.\nХврчит кринолино,\nСтегнати с корсети.\nНосат капелино,\nГоли им сет лакти.\nС масла и помади,\nС о-де-колоњ мијат\nБело лице, - грди\nСос мрежа си кријат. -\nВелит: сега скоро\nСтаја одделили,\nЗа немечко хоро,\nЗа француски бали.\nВ та широка стаја,\nМлади кавалери,\nОд краја до краја\nВсе мадмоазели. -\nСторете ми место,\nВелит Бâлгарката -\nМадмоазел Цвето,\nДај си мен рâката,\nСвират камената,\nМрднаха краката.\nТанци се начнаха\nКадрил сам свеха,\nВелит - биди булка...\nИ так в Бâлгарија,\nИма просвештење,\nИма свободија,\nИма и учење.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 81, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%B2%D0%BE_%D0%A8%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD", "word_count": 325, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3393", "title": "Константин Миладинов/ На с’нцето", "text": "Сâнце ле, сâнце ти златно,\nЗашчо си пушчил ко платно\nОколу тебе смолови\nТемни облаци покрови?\nЖити небесна ширина\nИ жити твоја светлина,\nТемни облаци разсеи,\nИ јасно, сâнце, угреи!\nВервиш ли, сâнце, шчо ми е?\nВ стреде си мене завиен.\nИ сега темен, печелен\nЈа се нахожда опален?\nСâнце ле, сâнце премило!\nПо сâта земја си било;\nСи видел други несчастен\nКо мене, сâнце, порастен?\nДа живја, сâнце, без радост\nВо најцветната ми младост! -\nКажи ми, има трпење?\nКакво несносно мâчење!\nСâнце ле, облак разсеи\nИ чисто, златно угреи!\nИ мене, сâнце, зарадви.\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%9D%D0%B0_%D1%81%E2%80%99%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 107, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3395", "title": "Константин Миладинов/ На чуждина", "text": "Ја си дремам,\nЗашчо немам\nШчо да чинам\nНа чуждина.\nИмах дома\nЕдна мома\nНаружена,\nНакитена; -\nСâнце греит,\nКог' се смеит.\nТа ме љубит\nИ се губит\nЗа моето\nСчастје клето.\nА ја тука\nБеден пука\nОд жалење,\nОд страдање.\nКрилја бара\nна пазара\nДа си метнам,\nТа да летнам,\nИ да идам\nДа ја видам;\nАма нема\nДа си зема.\nЗа тва седа\nИ за Неда\nМислеешчем,\nЖалаешчем.\nЈа не дремам,\nАми земам\nПеро, книга\nИ со брига\nАхтам, дишам\nИ си пишам:\n„Ах миленце,\nТи поленце!\nКак' си била\nЗлатокрила,\nКрило павни,\nВетер мавни;\nНад планини\nНа вишини\nПодкрени се,\nОпâти се,\nИ од тамо\nДојди вамо.\nЧистороса,\nЗлатокоса,\nНа рамена\nРастурена\nКоса фрли\nИ обгрли\nМене бедни\nПâт последни.\nТога веќе\nМајско цвеќе,\nНе ќе дремам,\nА ќе земам\nРасцутена,\nМиск обелена,\nСколова\nЖивот нова.\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%9D%D0%B0_%D1%87%D1%83%D0%B6%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2998", "title": "Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле,\nапостол на Исус Христос, назначен по заповед на Бог, нашиот Спасител, и на Христос, нашата надеж.\n<sup>2</sup>До Тимотеј, кој заради заедничката вера ми е како син.\nТи посакувам Бог Таткото и нашиот Господ Исус Христос да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.\n2 Предупредување против изопачените учења\n<sup>3</sup>Кога заминував за Македонија, те замолив да останеш во Ефес и да предупредиш одредени луѓе таму да престанат да шират изопачени учења,\n<sup>4</sup>да престанат да си го губат времето со митови и со бескрајни родослови. Со такви нешта само предизвикуваат расправии, а не водат до Божјиот план, кој може да се осознае само преку вера.\n<sup>5</sup>Целта на нашето предупредување е тамошните христијани да научат да сакаат искрено и од сѐ срце, да имаат чиста совест и искрена вера.\n<sup>6</sup>Некои учители застранија од ова и се свртеа кон празни мудрувања.\n<sup>7</sup>Сакаат да бидат учители на Мојсеевиот Закон, а не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту пак она што го тврдат со толкава самоувереност!\n3 Улогата на законите\n<sup>8</sup>Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри.\n<sup>9</sup>Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават сѐ што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители!\n<sup>10</sup>Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење\n<sup>11</sup>што произлегува од величествената Радосна вест која ми ја довери нашиот прекрасен Бог.\n4 Благодарност за Божјата милост\n<sup>12</sup>Благодарен сум Му на нашиот Господ Исус Христос, Кој сметаше дека може да има доверба во мене и ми даде сила да ја вршам оваа работа.\n<sup>13</sup>Јас зборував навредливи нешта за Него, безобѕирно ги прогонував Неговите следбеници, но Тој се смилува над мене, зашто знаеше дека тоа се случуваше пред да поверувам и не бев свесен што правам.\n<sup>14</sup>Каква огромна благонаклоност покажа нашиот Господ спрема мене! Целосно ме исполни со вера и љубов каква што има Исус Христос.\n<sup>15</sup><Исус Христос дојде на овој свет за да ги спаси грешните.“ Оваа вистина сите треба да ја прифатиме со целосна доверба. Јас сум најголемиот грешник од сите!\n<sup>16</sup>Но токму заради тоа Бог се смилува над мене и преку мојот пример покажа колку Исус Христос е трпелив со нас грешните. Така и други луѓе ќе сфатат дека и тие можат да поверуваат во Него и да добијат вечен живот.\n<sup>17</sup>На вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му оддадеме слава и почит за вечни времиња! Амин.\n<sup>18</sup>Тимотеј, сине мој, упатствата што ти ги давам се засновани врз пророштвата што претходно се дадени за тебе. Нека те поттикнуваат да се бориш како добар војник,\n<sup>19</sup>да бидеш верен и да имаш чиста совест. Некои луѓе доживеаја бродолом во својата вера, бидејќи не си ја слушаа совеста.\n<sup>20</sup>Тоа им се случи на Именеј и на Александар. Тие луѓе му ги препуштив на Сатаната, за да се научат да не зборуваат навредливо за Бог.\n= Глава 2 =\n5 Како треба да Му се служи на Бог\n<sup>1</sup>Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив.\n<sup>2</sup>Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство.\n<sup>3</sup>Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа.\n<sup>4</sup>Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината, а тоа е дека\n<sup>5</sup>постои само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог и луѓето: тоа е човекот Исус Христос.\n<sup>6</sup>Тој го даде Својот живот за да се откупи слобода за секој човек. Бог му ја упати оваа порака на светот во вистинско време.\n<sup>7</sup>Бог ме одбра да бидам проповедник и апостол на таа Радосна вест. Јас не лажам. Она што ви го зборувам е вистина. Бог ме испрати кај оние што не се Евреи, да ги учам за верата и вистината.\n<sup>8</sup>Затоа, каде и да се собирате, од мажите барам да креваат чисти раце кон небото и да се молат ослободени од лутина и препирки.\n<sup>9</sup>Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.\n<sup>10</sup>Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.\n<sup>11</sup>Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.\n<sup>12</sup>Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,\n<sup>13</sup>зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,\n<sup>14</sup>а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.\n<sup>15</sup>Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.\n= Глава 3 =\n6 Какви треба да бидат водачите и помошниците во црквите\n<sup>1</sup>Точно е дека кога некој сака да биде водач на црква, посакува многу возвишена работа.\n<sup>2</sup>Затоа, за да биде човек водач на црква, мора да биде без пороци, да ѝ биде верен на својата сопруга, да биде воздржан, разумен, со добар углед, гостољубив и способен да поучува.\n<sup>3</sup>Не смее да се опива, ниту да врши насилства. Треба да биде трпелив, да не е склон кон расправии и да не биде алчен за пари.\n<sup>4</sup>Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.\n<sup>5</sup>Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?\n<sup>6</sup>Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и ѓаволот.\n<sup>7</sup>Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не ѝ припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на ѓаволот и да се посрамоти.\n<sup>8</sup>Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.\n<sup>9</sup>Мора да имаат чиста совест и цврсто да се држат до начелата на христијанската вера кои сега ни се откриени.\n<sup>10</sup>Пред да бидат назначени за ѓакони, тие треба да се докажат како луѓе без пороци.\n<sup>11</sup>Исто така и нивните жени треба да бидат сериозни. Не треба да се занимаваат со озборување, не треба да бидат избувливи, туку треба да бидат верни во секој поглед.\n<sup>12</sup>Секој ѓакон треба да ѝ биде верен на својата сопруга, добро да си ги воспитува децата и добро да го води сопственото домаќинство.\n<sup>13</sup>Тие што добро ги извршуваат ѓаконските должности во црквата треба да бидат наградени со почит и доверба како верни следбеници на Исус Христос.\n7 Тајната на нашата вера\n<sup>14</sup>Се надевам дека набрзо ќе те посетам, но сепак ти го пишувам ова\n<sup>15</sup>за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.\n<sup>16</sup>Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена:\nХристос дојде во човечко тело.\nСветиот Дух потврди дека Тој\nја исполни Божјата волја.\nАнгели Го видоа.\nЗа Него им беше проповедано\nна народите.\nЛуѓето поверуваа во Него.\nТој славно се вознесе на небото.\n= Глава 4 =\n8 Распознавање на лажните учители\n<sup>1</sup>Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења.\n<sup>2</sup>Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.\n<sup>3</sup>Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.\n<sup>4</sup>Сѐ што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.\n<sup>5</sup>Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.\n9 Примерни христијански водачи\n<sup>6</sup>Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.\n<sup>7</sup>Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.\n<sup>8</sup>Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.\n<sup>9</sup>Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба.\n<sup>10</sup>Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.\n<sup>11</sup>На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.\n<sup>12</sup>Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.\n<sup>13</sup>Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото писмо во црквата, на проповедање и поучување.\n<sup>14</sup>Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините.\n<sup>15</sup>Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш.\n<sup>16</sup>Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.\n= Глава 5 =\n10 Примерен однос спрема луѓето во црквата\n<sup>1</sup>Спрема постари луѓе не покажувај грубост, туку обраќај им се како што би му се обратил на сопствениот татко. Спрема тие што се помлади од тебе однесувај се како да ти се браќа.\n<sup>2</sup>Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки, а спрема помладите, твојот однос треба да биде чист, како спрема сестри.\n<sup>3</sup>Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи.\n<sup>4</sup>Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив. Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство. Тоа е она што Бог го бара од нив.\n<sup>5</sup>Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него.\n<sup>6</sup>Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива.\n<sup>7</sup>Пренеси им ги овие упатства, за да не грешат.\n<sup>8</sup>Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата! Тие се полоши и од неверниците!\n<sup>9</sup>Секоја вдовица за која ќе се грижи црквата треба да ги исполнува следниве услови: да има најмалку шеесет години, да му била верна на својот сопруг,\n<sup>10</sup>да се има докажано со правење добри дела, со одгледување деца, со гостољубивост спрема патници, со понизна услужливост спрема вистинските христијани, со тоа што им помагала на луѓето во невола и секогаш била посветена на правење добри дела.\n<sup>11</sup>Помлади вдовици не ставај на списокот. Ако телесните страсти ја надвладеат нивната посветеност спрема Христос, тие ќе посакаат повторно да се омажат.\n<sup>12</sup>Така ќе го прекршат ветувањето што претходно го дале.\n<sup>13</sup>Освен тоа, тие можат да станат мрзливи и да им стане навика да одат од куќа во куќа. Не само тоа, туку можат да почнат да озборуваат, да прават сплетки и да зборуваат работи што не им прилегаат.\n<sup>14</sup>Затоа, мој совет е помладите вдовици повторно да се омажат, да раѓаат деца и да се грижат за сопствените семејства. Така противникот ќе нема повод да ги клевети.\n<sup>15</sup>За жал, некои вдовици веќе скршнаа и му станаа следбенички на Сатаната.\n<sup>16</sup>Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи.\n<sup>17</sup>Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат.\n<sup>18</sup>Така вели и Светото писмо: „Не врзувајте му ја муцката на вол што врши жито.“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата.“\n<sup>19</sup>Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци. Во спротивно, немој да го слушаш.\n<sup>20</sup>Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.\n<sup>21</sup>Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов! Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрасен!\n<sup>22</sup>Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!\n<sup>23</sup>Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.\n<sup>24</sup>Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време.\n<sup>25</sup>Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.\n= Глава 6 =\n11 За робовите - христијани\n<sup>1</sup>Христијаните кои се затекнале како робови треба искрено да ги почитуваат своите господари. Во спротивно, ќе дадат повод да се зборува лошо за Бог и за нашето учење.\n<sup>2</sup>Оние, пак, чии господари се христијани не треба поради тоа помалку да ги почитуваат. Напротив, треба да им служат најдобро што знаат и умеат, бидејќи со тоа му помагаат на својот брат по вера, што треба да го сакаат. Така треба да ги поучуваш и да ги советуваш.\n12 Алчни вероучители. Опасности од алчноста за пари.\n<sup>3</sup>Секој што поучува поинаку, му се противставува на здравото учење на нашиот Господ Исус Христос, кое е основа на побожноста.\n<sup>4</sup>Таквите учители горделиво се самозалажуваат, а ништо не им е јасно. Имаат нездрава желба да се расправаат, за збор да се фаќаат, а од тоа произлегуваат завист, кавги, навреди, опасна недоверба\n<sup>5</sup>и постојани расправии. Нивните умови се изопачени и тие не ја разбираат вистината. Мислат дека верата е средство за лично богатење.\n<sup>6</sup>Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш.\n<sup>7</sup>Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе.\n<sup>8</sup>Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни.\n<sup>9</sup>Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.\n<sup>10</sup>Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки.\n13 Упатства за Божјите луѓе\n<sup>11</sup>Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток.\n<sup>12</sup>Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво!\n<sup>13</sup>Пред Бог, Кој му дава живот на сѐ што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам\n<sup>14</sup>беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, сѐ до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>15</sup>Бог е нашиот единствен Владетел,\nЦар на царевите и Господар на господарите.\nВо определеното време Тој\nпак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.\n<sup>16</sup>Само Бог е бесмртен.\nТој живее во светлина\nво која никој не може да Му пријде!\nЧовечко око не Го видело,\nниту може да Го види.\nСета почит и власт\nМу припаѓаат Нему. Амин!\n<sup>17</sup>Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат! Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува сѐ што ни е потребно за да уживаме во животот.\n<sup>18</sup>Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат.\n<sup>19</sup>Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.\n<sup>20</sup>Тимотеј, чувај го тоа што ти го доверил Бог! Не учествувај во непристојни и празни разговори, во расправи за она што лажно се нарекува „знаење“.\n<sup>21</sup>Некои луѓе скршнаа од верата, поведувајќи се по такви работи.\nБог нека ви биде благонаклонет!", "subject": ["Библија", "Христијанство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A2%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%98", "word_count": 2682, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3391", "title": "Константин Миладинов/ Сираче", "text": "Сираче момче сејало\nИ једна песна пејало:\n„Каде се чуло, видело\nСедум години во село\nДа сеа, жниа и пота\nИ от мојата работа\nДо зрнце да се изабит\nОт чужи да се разграбит!\nА ја сираче да шетам\nИ улиците да метам,\nВезден работа нивата,\nБез да си крена главата.\nДожд да врнит? Но ја не седа,\nА работата си гледа!\nВечер ќе зајит сâнцето,\nЈа ушче шета полето.\nРаното сâнце излегвит,\nНа нива мене досегвит.\nСите со лебец, со вода,\nА ја без корка да ода!\nСите сос рубо шарено\nИ сос кадифе зелено,\nА ја от сите терано,\nНосам от сите раздрано.\nАко ме некој погледни\nИ покрај мене ми седни,\nМој нарачници проклети\nЈадвени пушчат клевети.\nДетска радост ко цвеќе\nВ пусто ми срце се суши,\nИ пред очите ми веќе\nСамо ми счастје се вруши.\nСите си имат роднина,\nСо ним се смејет, си пејет,\nА мој надежди в пустина\nОт силни ветри се вејет.\nНекаква тâга ја има.\nСè прах и пепел се чинит.\nПред мене веков как в зима\nВо темни мâгли се чинит.\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%B5", "word_count": 194, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3389", "title": "Константин Миладинов/ Побратимство", "text": "По планини, по друмои\nКако шетаф, како скитаф,\nЕто к’ идет самовила,\nСамовила самогорска.\nПред лице је облак стоит,\nА во него како ѕвезди\nСветет очи самовилски.\nСе приближвит и ми велит:\n- Млад јуначе, зар не жалјаш\nТи твоите црни очи,\nТа си дошол да ми шеташ\nВо мојава ситна гора!\nЕла сега ти по мене -\nТи да свириш, ја ќе играм.\nАко мене ти надсвириш,\nТи сум твоја посестрима;\nАко тебе ја надигра,\nТешко тебе от животта,\nГорко тебе от младоста.\n- Самовило самогорска,\nЈа не жалјам црна живот,\nТуку сакам посестримство\nс’ самогорски самовили.-\nНаљутена, насрдена\nТрепна еднош со крилјата,\nДури облак се поткрена,\nИ се виде бело лице\nСамовилско, огневито.\nЛице блесна, дури срце\nМи го зави во пламења.\nТрепна дважди, трепна трижди,\nИ ко бела преперуга\nТа пред мене, ја по неја.\nСтреде гора се најдофме.\nНа рамнина, на ледина\nСе застои, ја засвириф.\nЈаска свирам, таја играт.\nКо ветришча ко се се сретет,\nДури пушчат секаици.\nДругиот ден ушче свирам.\nЈаска свирам, таја играт.\nТамо, вамо искри падвет\nКо небесни да се ѕвезди.\nТрекиот ден не престанва:\nЈаска свирам, таја играт. -\nОвде скокни, тамо скокни,\nКако платно да се веит -\nДури ветки се нишает.\nНаодзади уморена,\nПокрај мене се навали\nИ ми велит: „Ја сум твоја\nНа сè живот посестрима.“\nИ от тога мој другари,\nНе ме гибет дивотии,\nСабја сечит, се излеква\nОган горит, ме оздрава:\nМи е верна посестрима\nСамовила самогорска.\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%9F%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BC%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE", "word_count": 250, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3420", "title": "Рајко Жинзифов/ Жалба", "text": "Как тешко, другари, как тешко,\nВо таја далечна чуждина,\nКога младо, зелено, крехко\nОвенуват в рана година.\nКак цвете сја сушит в грдаина,\nГде бистра вода не извират,\nТак младо во така чуждина\nБез време сја сушит, умират.\nКак жешки, другари, как жешки\nОт очи си сâлзи проливат,\nДуша му дробат мисли тешки\nИ клето срце сја убиват.\nТо тврдо, то тешко, как камен\nНа срце, на душа му стават,\nТо горит как дрво во пламен,\nРоса, ни втере прохлада не дават.\nКакви сет тие години тешки,\nКакви сет дни чрни, дни клети,\nКакви сет у него погрешки,\nЧе судни сет мâки проклети!\nЗа што, другари, совест го биет,\nБазсоница душа му кршит,\nВсе мислит, все думат, не спиет,\nА ден и ношт работа вршит?\nЗа то, че все чуждо пред него,\nХлеб и сол, и дреха, и риза\nИ скорни, все што ет на него,\nНа негово, чуждо излиза.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 69, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%96%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0", "word_count": 171, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3418", "title": "Рајко Жинзифов/ Белграду", "text": "Белград, Белград, Белиј граде!\nТи на српството столица!\nШто ти плачеш, српскиј граде,\nСтенкаш, тâжиш, как вдовица?\nШто сја вие чрно знамја\nНад твојата крепост тврда?\nО столицо, дал од пламја\nСтанала си толко грда!\nКој те Белград рани тешко?\nКој те покри с дреха чрна?\nКој те с стрела удри жешко?\nКлета рâка не му мрдна!\nОдговарха српска Вила:\n„Што ме питаш Славјанине?\nНема књаза Михаила!\nГо убиха драгиј сине.“\n„Так коварно го убиха\nРâце гнâсни и злодејски!\nИ невина крв пролиха\nДуши чрни, души зверски!“\n„За Србија тој бе слава,\nБеше гордост, беше глава...\nПлачет Дунав, плачет Сава,\nПлачет Вардар и Морава.“\n„Тâжна Босна сâлзи ронит,\nПлачет и Герцеговина,\nЧрна Гора косми корнит,\nБâлгарија с сâлзи хлина.“\n„Днес и слâнце не огреало,\nСрдце всјако онемело,\nТâжит, стенкат Српство цело,\nМâжи, жени, старо младо.“\n„Земља с чрно је покрита!\nНема књаза, нема бана -\nГордост, слава и заштита\nНема српската одбрана.“\nДоста, посестримо Вило!\nНема Михаила бана\nГледам...срдце ми сја свило...\nБог да живи књаз Милана...\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 114, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%83", "word_count": 188, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3442", "title": "Григор Прличев/ В хилјада и седемстотин шездесет и второ лето", "text": "Хилјада и седемстотин шездесет и второ лето\nВ Охрид од Цариграда дошел Салаор.\nСе претставил пред Арсенја, наша патрика чеснаго,\nИ му рек'л слово горко, слово жалосно:\n\"Царска волја е да тргнеш денеска за в Цариграда,\nНа тебе од врли Грци голем поплак е.\"\nСобрал Патрик свое стадо в црква свјатиј\n-Климентова\nБлагослов му дал последен, р'це заплетил.\nД'лго време липал старец во м'лчанје всенародно\nИ по бела брада ронел с'лзи горешчи\n\"Слушајте ме мили чеда, јас ќе ида в Цариграда:\nНа мене од врли Грци голем поплак е.\nГрцкиј Патрик ќе ни строши славна охридска\nстолица\nИ мене до смрт ќе држи в заточение.\nЌе прати владици Грци, лицем светци, срцем\nв'лци.\nЌе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв\nМеѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,\nДа се мрази син со татка и со брата брат.\nИ ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете,\nСмирени ќе наведете глави доземи.\nЌе ми бидете сираци; така било написано.\nЕлате ми да ви гушна за последен п'т.\nЧрна т'га поразила старо, младо, м'жи, жени,\nВси со р'це заплетени с'лзи проливат.\nТој ги гушка, тие т'жни му целуват десна р'ка,\nИ од р'ка как од извор с'лзи се лејат.\nВјахнал Патрик брза коња и неволно уп'тил се.\nТога грмкиј плач народен небо процепил.\nУмилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана,\nПогледнал на сино небо, лјуто прок'лнал:\n\"Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат\nСтамче беј и Бујар Лигдо, Нејко челеби!\"\nМилостивиј Бог послушал патричка горешча клетва;\nСлава нихна, семе нихно погубил со шум.\nИ сега во куќи нихни ткае пајак пајачина\nИ на пусти стрехи нихни хукат хутове.", "subject": ["Григор Прличев"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80_%D0%9F%D1%80%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2/_%D0%92_%D1%85%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D1%88%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82_%D0%B8_%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 289, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3450", "title": "Јоаким Крчовски", "text": "Јоаким Крчовски (1750-1820) е првиот македонски просветител, кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на XIX век, време во кое ширењето на христијанскиот морал било единствениот начин да се избегне исламизацијата.\n1 Творештво\n* Чудеса пресвјатија Богородици\n2 Забелешки", "subject": ["Јоаким Крчовски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BC_%D0%9A%D1%80%D1%87%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 49, "cyrillic": 0.978}
{"id": "3387", "title": "Константин Миладинов/ Скрсти", "text": "Фала Богу, чудо шчо е ова!\nЦрна земја за вода жедна\nКак сиромав за стребро и злато!\nТри месеци капка не прокопа,\nОблак ми се на небо не каза,\nНебо горит како сач над главје.\nПоле ми е сосем побелело,\nРуда трева пепел се сторила,\nЦрна земја ми се испукала,\nБистри реки ми се пресекнале.\nВолој бичет по поле за вода.\nСиромаси кутри се отрицвет\nДа доживет до друга година.\nТешка, Боже, твоја десна рâка!\nФала Богу, чудо шчо се стори!\nДен неделја рано на утрина\nСи станаа попови и старци,\nМâжи, жени, деца и девојки,\nСо икони, с крстои на рâце\nСе застовет на широко поле,\nХодет в пâтем и Богу се молет.\nПопој, дјаци жаљовно се молет\nИ пригласвет мало и големо:\n„Скрсти одам, вишниј Бога молјам,\nГосподи помилуј нас грешни.“\nФала Богу, чудо шчо сум видел!\nМарков камен крај гора зелена,\nА над него мољба се пееше,\nНиз дрвјата мољба се раздава\nПо планини, на далечни места,\nИ се креват на високо небо.\nСино небо пак јасно над глаи,\nПак мољбата, мољба на Господа.\nВрашчаепчем, крај црков дојдофме.\nЧудо божје! Ситна роса фати. -\nВ цркоф влегвет икони д’остает,\nДош со крбли фати да туриват.\nЗемја жадна се искапи вода,\nРеки пофтор големи протекое,\nОт ред ниви ми се напâлние,\nСиромаси ми се зарадвее.\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%A1%D0%BA%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B8", "word_count": 230, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3272", "title": "Томе Арсовски", "text": "Томе Арсовски (Косовска Митровица, 23 септември 1928 - Скопје, 22 април 2007) бил македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писатели на Македонија. Член на ДПМ од 1959 година, а во еден мандат беше и претседател на Македонската писателска асоцијација.\n1 Творештво\n*''Грст смеа'' (поезија, 1958)\n*''Александра'' (драма, 1958)\n*''Празник на птиците'' (драмска етида, 1959)\n*''Непребол'' (поема, 1961)\n*''Парадоксот на Диоген'' (драма, 1961)\n*''Грст среќа'' (телевизиска драма, 1962)\n*''Матурска вечер'' (драма, 1964)\n*''Стотиот чекор'' (телевизиска драма, 1964)\n*''Обрачи'' (драма, 1965)\n*''Грдиот Нарцис'' (телевизиска драма, 1964)\n*''Бумеранг'' (комедија, 1969)\n*''Чекор до есента'' (драма, 1969)\n*''Коктел за четворица'' (телевизиска драма, 1970)\n*''Парадоксални раскази'' (раскази, 1972)\n*''Залез над езерската земја'' (телевизиска драмска серија, 1973)\n*''Убавината чекори сама'' (комедија, 1974)\n*''Скок преку кожа'' (драма, 1976)\n*''Исповед на таксистот'' (монодрама, 1979)\n*''Излез во случај на опасност'' (драми, 1989)\n*''Благиот допир на љубовта'' (драма, 1984)\n*''Патување во Таџетакомо'' (роман за деца, 1980)\n*''Зена, ќерка на ѕвездите'' (роман за деца, 1988)\n*''Арис или прва љубов'' (роман за деца, 1989)\n*''Климент Охридски'' (историски роман, 1989)\n*''Кристална планета'' (роман за деца, 1990)\n*''Куќа на четири ветра'' (роман, 1991)\n*''Смешни и превртени песни'' (поезија за деца, 1991)\n*''Петиот ветар'' (раскази, 1992)\n*''Подводен град'' (роман за деца и млади, 1993)\n*''Телефонот е во прекин'' (роман за млади, 1993)\n*''Диско - штурец'' (поезија за деца, 1993)\n*''Супер девојче'' (роман за млади, 1994)\n*''Нешто убаво ми се случува'' (роман, 1996)\n*''Пурпурно поле'' (поема, 1996)\n*''Дедо Мраз и феферони'' (комедија за деца, 1997)\n*''Марко Крале и Феферона'' (весела сценска игра за деца, 1997)\n*''Дарко Фокси спиди Гонзалес'' (весела сценска игра за деца, 1998)\n*''Жената со птичја глава'' (раскази, 2000)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D0%BC%D0%B5_%D0%90%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 283, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3422", "title": "Рајко Жинзифов/ Таен глас", "text": "Ти си трошкојад, ти чуждо пиеш,\nТи чуждо јадиш, на чуждо спиеш,\nТи с чужда вода лице си миеш,\nПод чужди дрехи голота криеш.\nИ чужда ет риза ти на знага,\nОдгорна дреха и панталони,\nИ стаја чужда ако е и влага,\nИ чужди сет на нозе ти скорни.\nНа вечер легаш, на утро вставаш,\nТи сја покриваш, ил сја обличаш,\nЕдно ти зимаш, друго пставаш,\nВсе чуждо, а твое не излизат.\n::Так велит час по час\n::На совеста му таен глас.\nТи ли си крив, баштина ли крива,\nЗвезда ли, ил погрешка народна,\nИл сâдба ти клета и дива,\nЧе немаш ти храна домородна?\nНи мајци радост, ни себе радост,\nВ најхарна доба в млада година,\nКак цвете полско прва то младост\nМало по мало венит и гинит...\nТвоја пословица казват право:\n„Зâби кршит чуждиат хлеб“ -\nА друга казват оште на право:\n„Очи хваштат чуждиат хлеб“.\n::Так велит час по час\n::На совеста му таен глас.\nСело С.\n1 Поврзано\n*Автор:Рајко Жинзифов\n2 Наводи\n*''Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 71, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%A2%D0%B0%D0%B5%D0%BD_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81", "word_count": 180, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3397", "title": "Константин Миладинов/ Еѓуптин делиа", "text": "Еѓуптин даиа\nНаправен делиа,\nЗа да се напсует\nИ да се прочует,\nВ мало село влезе\nИ от којнот слезе:\n„Еј - ви, бре, ѓаури,\nСлушајте каури!\nНа гозба ви ида,\nСака ја да вида\nКак' чекате гости.\nМного време има -\nЕдна цела зима,\nУ вас как се кана,\nЗа да се нарана\nС кокошки печени\nСо шеќер золени!\nАјде бре, ѓаури,\nПослушни каури,\nКојнот нараните\nИ мене зготвите\nКокошка печена,\nНа 'ржен вртена,\nИ љута ракија,\nЗа да се напија,\nИ погача нека\nБидит бела, мека.\nПогледните убо\nНа моево рубо!\nЈаска сум даиа\nИ страшен делиа;\nАко се разљута,\nЈа многу не ќута:\nБеса, гора, сеча,\nНа 'ржен ве печа!\nМе разбрахте ега\nШчо ви права сега?“\nЕѓупската сила\nСите уплашила.\nСтојет кутри жени\nОт страг онемени:\nГледат даја страшен,\nСо сабја опашен,\nСо висока става,\nСо калпак на глава,\nСо пишчоли нареден\nИ со туфек вреден.\n„Сега шчо чиниме?“ -\nЖените велеха:\n„На, ќе загиниме!“\nИ слѕи ронеха.\nКутрите станаха\nИ ми побегнаха.\nМеѓу ним се згоди\nЕдно моме умно.\nМу текна да оди\nНа нихното гумно:\nНа мâжи да кажи\nИ да им раскажи\nДељо кондисвење\nИ негобо плашење.\nХодит летаешчем,\nСо рâцете маешчем,\n„Чуеш, златен тате,\nДојде даиа страшен,\nСо сабја опашен,\nСо висока става,\nСо калпак на влага,\nС пишчоли нареден\nИ со туфег вреден. -\nФати да се карат\nИ кокошки барат,\nНа 'ржен печена,\nСо шеќер солена.\nБоже моим, страшило\nОт века не било!\nС еден глас уплаши\nСите жени ваши!“\nСелјаните тамо\nКако тва слушаха\nС вилите на рамо\nДома се врашчаха -\nДеља да поранет\nИ да го наранет\nС кокошка печена\nНа вили вртена.\nЕѓуптин как' седна,\nОколу погледна:\nКуќата ја нема -\nЖива душа нема.\nДа речите право,\nСе разљути здраво;\nДа се карат фати\nИ главата клати: -\n„А шчо ќе направа\nЗа мојата слава,\nСекој ќе ме види,\nА ѓаури гиди!\nОган ќе запалја,\nНикого не жалја;\nЉуѓе ќе опера,\nКâде ќе намера.“\nДелиата скочи\nС распшалени очи.\nНо как виде тамо\nВилите на рамо,\nТреската го стресе;\nДумат тие че се\nТуфуѕи шарени,\nНа рамо фрлени;\nЧе по врашка мера\nСе крена потера.\nОт еѓупска сила,\nШчо се распалила,\nТој спасење барат,\nИ без да се карат,\nКак' опасност гледа,\nСтрсвит без огледа:\nТуфугот остават,\nКојњот заборават:\nФашчат по планини,\nЗа да не загини.\nОпинци искина\nПо пуста планина;\nЗагина кремења,\nОт ноѕе ремења.\nСопни, падни, стани,\nСо руби издрани,\nБега шчо ми бега,\nЕто ми го сега.\nВраѕи как% отбегна,\nДо жена си легна: -\n„Жено, завел жено,\nСрце уплашено,\nЈунашчина правам,\nЗа да се прославам,\nА после се стегам\nИ шчо моа бегам!“\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%95%D1%93%D1%83%D0%BF%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B0", "word_count": 446, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3356", "title": "Турчин ми кара", "text": ":Турчин ми кара, клета робиња,\n:Боса ја кара по љута слана,\n:силно ја бие по бело лице\n:По бело лице по рамна снага,\n:Тја му се моли, пусни ме аго\n:Пусни ме аго дома да ида,\n:дома да ида дете да вида.\n:Остила го сам самичко в љуљка\n:самичко в љуљка в празна кашча.\n:Турчин си бие клета робиња,\n:не дава дома да иде,\n:дома да иде дете да види\n:Робиња плаче, плаче нарежда,\n:Прости ми синко Стојане,\n:че те тебе клета оставих,\n:в баштини двори без башта\n:в мајчини постели без маќа\n:Кога синко пораснеш,\n:кога ти руба заприлега,\n:земи си пушка бердана\n:пушката синко, сабјата,\n:мене синко нема да врнеш,\n:сестра ти Стојане\n:на Турчин не давај\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Забелешка\n* Оваа песна е од Банско, Пиринска Македонија.", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD_%D0%BC%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0", "word_count": 133, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3446", "title": "Григор Прличев", "text": "Григор Прличев (Охрид, 30 јануари 1830 – Охрид, 6 февруари 1893) е еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. На 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со својата поемата „Сердарот“, ја однел првата награда за најдобра поема на традиционалниот книжевен конкурс што се одржувал секоја година во Атина. Тој станал овенчан поет и бил наречен „Втор Хомер“: подвиг што дотогаш никој не го направил.\n1 Творештво\n1.1 Проза\n* Автобиографија\n1.2 Поезија\n* В хилјада и седемстотин шездесет и второ лето\n* Сердарот\n* Скендербег\n* Охридски џган\n2 Публицистика\n* Мечта на еден старец\n3 Забелешки", "subject": ["Григор Прличев"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80_%D0%9F%D1%80%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3399", "title": "Константин Миладинов/ Грк владика на Болгарите", "text": "А бре Болгари, големи глави,\nЗашчо гоните Грци владици?\nКои се криви, кои се прави,\nЕла да видим, бре безбожници?\nЕто ја идам у вас владика,\nЈа шчо ви правам, ако ве дерам;\nОт срце страшна жалост ми вика,\nКако да можам пари да берам.\nА бре Болгари, најпрости хора,\nБре шчо ви чинам, ако ве гнетам?\nЗар ми је грижа ако разора\nТа чужа земја кâде ја шетам?\nСите от еднош шчо се кренахте,\nИ с горделиво дигнати глави,\nВикнете гласно ем шчо станахте:\n„Нешем (нејќим) владици Грци лукави!“\nАј ви безумни мали дечина,\nЗар ви се чинит че не можиме\nДа в измамиме со симичина,\nИ низ прстите да ве броиме!\nСите от еднош се разбудихте;\nТоа на харно не ни мириса;\nНо ак' станахте шчо направихте?\nПак ја владика над глај ви виса.\nИ от Дунава до Бело Море\nНародно сејте сегде учение\nИ велегласно секој говоре\nКакво от наска трпи мâчение.\nПраво да кажа това нас плаши;\nНо пак над глајте ја сол ви триа,\nДа ни се живи срествата наши,\nТие работет ако ја спиа.\nШчо направиха вашите кмети,\nАко нас против в Стамбол станаха,\nНихните зборој нови клевети\nСит' европејци ги почитаха.\nГласојте ваши, глас во пустина;\nВикате вие, мâлчиме ние.\nЈе многосложна наша машина,\nНа запад сеит, на север жние.\nНа лево вртит, на десно берит,\nИ ако мало фати да криви,\nНо своеволно ушче та мери\nВаши житници, и наши ниви.\nКнигите ваши, историја ваша\nВ народогубач оган фрлихме,\nИ будушнос ви с рâката наша\nВо темен облак ви ја завихме.\nМие по наша совест правихме;\nА вие љуѓе зелени борој,\nНе нè разбрахте, како постâпихме,\nИ се стекохте веднаш как' порој;\nСо ластоварки стари и млади\nСарајот мои обколисахте;\nСветии владико, ах бога ради\nДоста нас гибаш, сите викахте!\nБиди ни татко, а мие чеда,\nИ под твоето земи нè крило!\nА ја на криво све това гледа,\nИ пред вас станва страшно плашило.\nЗнајте, сте чули исторја страдна,\nКако ја шепнах кâде шчо треби,\nИ сила грозна на вас нападна\nИ беспошчадно сите истреби.\nВистина гласот наш тро' осипна,\nНе грмит јасно в нашите уши;\nНо на јуначка нога ак' рипна,\nНад вас зло горко ќе се разруши.\nНо какв облак от запад падна?\nКакви от север секајци светет,\nИ наша стара волја прежадна\nВо извртките ишчет да сплетет?\nЕто и тој шчо нас слушаше,\nНа, сега узна сâта вистина;\nНапред со милост тој нас венчаше,\nСега наградвит горка правдина!\nНародот стана со восхиштение,\nИ благодарност богу туриват;\nСегдека радост, сегде учение,\nА наше срце в отчајание пливат.\nАх, како кутар да заборава\nНашата слава в старото време!\nНадежда светла сега н' остава,\nИ на нас останвит чуждото племе!\nНо пак как' пастир ја ваш владика,\nЈа со душевно кâм вас смирение\nОт чисто срце, как' татко вика,\nДа направиме пермирение.\n„Некако јаска по напред мижех,\nОт вас собирах дупки да крпам;\nАко как' овчар вас тога стрижех,\nСега ќе фата просто да дрпам;\nНо вие да сте слепи и неми;\nДа ве огољвам и да ве мољам:\n„Не зема чеда!“ велите „земи“.\nИ без да сака ја вас ве гољам.\nЌе речам дај ми? ти ако немаш,\nПродај шчо имаш, продај си песот,\nИ добар биди со лихва за земаш,\nАк' твојте коси стрчет низ фесот.\nДа си остајте вашето пение,\nСè шчо народно да заборајте,\nЗемите слепо грцко учение\nИ по нашата свирка играјте.“\nТакви отстâпки ви направихме,\nПо наша совест с' чисто смирение,\nИ всепокорно ви ги оставихме\nДа видим ваше полн' одобрение.“\n1 Наводи\n*''Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.''", "subject": ["Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2/_%D0%93%D1%80%D0%BA_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 599, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3051", "title": "Викиизвор:Неутрална гледна точка", "text": "Официјален принцип на Викиизвор е дека сите статии треба да бидат напишани според неутрална гледна точка. Според основачот на Викиизвор, Џимбо Велс, НГТ е апсолутна и за неа не важи компромис. Видете (на англиски).\n1 Вовед\nПолитиката на неутрална гледна точка означува дека сите статии треба да бидат пишувани, без предрасуди, прикажувајќи ги, праведно, сите гледни точки.\nОваа политика е често погрешно разбрана. Таа не претпоставува дека е можно да се напише статија од една единствена, непристрасна, објективна гледна точка. Политиката вели дека ние треба праведно да ги претставиме сите страни на спорот, и да не правиме една статија да тврди, подразбира, или најавува дека една од страните е точна. Круцијално е сите Викиизворнци да работат заедно за да ги направат статиите што понепристрасни. Ова претрставува една од најголемите заслуги за Викиизвор.\nПишувањето на непристрасен текст е уметност, која бара вежбање. Учесниците кои се стекнале со оваа вештина се повикани да го развијат прирачникот за неутралност.\n1.1 Основниот концепт на неутралноста\nВо Викиизвор, ги користиме зборовите \"непристрасен\" и \"неутрална гледна точка\" на прецизен начин што е различен од вообичаеното разбирање:\n:Статиите без предрасуди ги ''опишуваат'' дебатите праведно, наместо да се ''залагаат'' за некоја страна на дебатата. Бидејќи сите статии се уредувани од луѓе, ова е тешко бидејќи луѓето се инхерентно пристрасни.\n1.1.1 Оригиналната изјава за политиката на НГТ\n''Општата енциклопедија е збир на синтетизирано знаење прикажано преку неутрална гледна точка. Колку што е возможно, енциклопедиското пишување треба да стои настрана од завземање на некој одреден став, освен ставот на неутрална гледна точка.''''Неутралната гледна точка настојува да ги прикаже идеите и фактите на таков начин што и подржувачите и противниците би се сложиле со нив. Секако, 100% договор не е возможен, постојат идеолози во светот кои нема да се сложат со ниеден став освен насилно изјавување на нивната гледна точка. Ние можеме само да бараме таков начин на пишување за кој ќе се сложат суштински рационални луѓе кои може да се разликуваат во некои мислења.''''Некои примери може да помогнат за да се разјасни што сакам да кажам.''''1. Енциклопедиска статија не треба да тврди дека корпорациите се криминалци, дури и ако авторот верува дека тоа е така. Тој би требало да го прикаже фактот дека ''некои луѓе'' веруваат во тоа, и што се нивните причини, а подоцна тој треба да прикаже што вели другата страна.''''2. Енциклопедиска статија не смее да тврди дека либералниот капитализам е најдобриот општествен систем [...] Тој, наместо тоа, треба да ги прикаже аргументите на тие што ја имаат таа гледна точка, и аргументите на луѓето што не се сложуваат со таа гледна точка.''''Можеби најдобриот начин да го направите вашето пишување поенциклопедиско е да напишете за ''она во што луѓето веруваат'', отколку ''она што е''. Ако ова ви изгледа субјективистички или колективистички или империјалистички, тогаш прашајте ме, зошто сметам дека погрешно сте разбрале. Она во што луѓето веруваат е објективен факт, и можеме да го прикажеме ''тоа'' многу лесно преку неутрална гледна точка.''''Џимбо Велс, основач на Викиизвор''\n1.2 Зошто Викиизвор треба да биде непристрасна?\nВикиизвор е општа енциклопедија, што значи дека таа е приказ на човечкото знаење со извесен степен на генерализација. Но човечките суштества не се сложуваат за различни случаи; кај секоја тема за која постојат конкурентски гледни точки, секоја гледна точка прикажува различна идеја за тоа што е вистината, и толку колку што нејзините гледишта се спротивни на останатите, толку нејзините припадници веруваат дека останатите гледни точки се ''погрешни'' и затоа не се ''знаење''. Кога постои разидување за тоа што е вистина, тогаш има разидување за тоа што ја гради вистината. Викиизвор функционира бидејќи таа е заедничка работа; но, додека соработуваме, како може да го решиме проблемот на бескрајните \"војни на изменување\" (edit wars) во кои една личност тврди p, додека некоја друга личност го менува текстот така што тој тврди не - p ?\nРешението е да прифатиме, заради работата на Викиизвор, дека \"човечкото знаење\" ги опфаќа ''сите различни'' значајни теории за различни теми. Затоа, ние сме посветени да го прикажеме човечкото знаечење во ''таква'' смисла. Нешто како ова е сигурно општоприфатена смисла на зборот \"знаење\", во оваа смисла, тоа што се \"знае\" се менува постојано со минувањето на времето, и кога го користиме зборот \"знаеме\", ние често ги користиме таканаречените страшни (иронични) изјави. Во Средниот век, ние \"знаевме\" дека ѓаволите предизвикуваат болести. Сега \"знаеме\" поинаку.\nМоже да го сумираме човечкото знаење (во оваа смисла) на пристрасен начин: би можеле да презентираме серија на теории за темата Т, и потоа да тврдиме дека вистината за Т е таква-и-таква. Но повторно, да имаме во предвид дека Викиизвор е меѓународен, соработнички проект. Скоро секое гледиште за секоја тема може да се најде меѓу нашите автори и читатели. За да се избегнат бескрајни војни на изменување, можеме да се договориме да ги прикажеме праведно сите значајни гледишта, без да тврдиме дали некое од нив е точно. Тоа е тоа што ја прави статијата \"непристрасна\" и \"неутрална\" во онаа смисла која ја прикажуваме овде. Да се пишува од неутрална гледна точка значи да се презентираат контроверзни гледишта без да се бранат; за да се стори ова, доволно е да се презентираат спротиставени гледишта на начин што е повеќе или помалку прифатлив за нивните застапници и исто така да им се припишат гледиштата на нивните застапници.\nГлавната причина за примена на политиката на неутрална гледна точка гласи: Викиизвор е енциклопедија, збир на човечкото знаење. Но, бидејќи Викиизвор ја создава заедницата, како меѓународен проект, сигурно дека не можеме да очекуваме дека нашите соработници ќе сложуваат во сите случаи, или во поголемиот број на случаи за тоа што го сочинува знаењето, во построга смисла на зборот. Оттаму можеме да ја прифатиме пошироката смисла на \"човечкото знаење\" по кое широк вариетет на спротиставени теории го конституираат тоа што го нарекуваме \"знаење\". Ние би требало, и индивидуално, и колективно да се потрудиме да ги претставиме овие спротиставени теории правично, без да се подржува некоја од нив, со додаток дека гледиштата на премало малцинство луѓе не би требало да бидат прикажани како да се работи за гледишта на значајно малцинство, или пак можеби не треба да бидат прикажани воопшто.\nПостои и друга причина за да се посветиме на оваа политика. Имено, кога на читателите им е јасно дека не очекуваме од нив да прифататат одредено мислење, тоа ги ослободува да размислат, охрабрувајќи ја нивната ''интелектуална независност''. Тоталитарните влади и догматските институции насекаде може да најдат причини да и' се спротистават на Викиизвор, ако успееме во спроведувањето на нашата непристрасна политика: претставувањето на многу конкурентни теории за различен спектар на теми сугерира дека ние, креаторите на Викиизвор, веруваме во способноста на читателите сами да го формираат своето мислење. Текстовите што прикажуваат повеќе гледни точки правично, без да бараат читателот да прифати некоја од нив, се ослободувачки. Неутралноста е против догматизмот, и скоро секој кој работи на Викиизвор може да се сложи дека ова е добро.\n2 Што е неутралната гледна точка?\nОдговорот на ова прашање не е очигледен, и често се јавуваат недоразбирања. Постојат многу останати валидни интерпретации за \"непристрасно\", и \"неутрално\". Поимот на \"непристрасно пишување\" што ја сочинува оваа политика на Викиизвор е \"претставување на спротиставените гледишта без да се донесуваат заклучоци за нивната точност\". Ова бара понатамошно разјаснување, и тоа расјаснување следи во наредниот дел од текстот.\nПрво, и најважно, земете во предвид што значи да се каже дека непристрасното пишување ги претставува спротиставените гледишта без да се донесуваат заклучоци за нивната точност. Непристрасното пишување не го претставува само најпопуларното гледиште; тоа не ''тврди'' дека најпопуларното гледниште е точно откако сите гледишта ќе бидат прикажани; тоа не тврди дека некакво средно гледиште меѓу различните гледишта е точно. Прикажувањето на сите гледни точки кажува дека, повеќе или помалку, дека ''p''-истите веруваат во ''p'', а ''q''-истите во ''q'', и каква е моменталната состојба со нивната дебата. Идеално, прикажувањето на сите гледни точки дава голема позадина за оние кои веруваaт во ''p'' и ''q'' и кое и зошто гледиште е попопуларно (со внимавање да не се поврзува популарност со коректност). Деталните статии може исто така да содржат повеќе меѓусебни оценки на ''p''-истите и ''q''-истите, дозволувајќи и на секоја страна да го удри својот \"најдобар удар\" на друга страна, но студиозно избегнувајќи да каже која страна кој победил во размената на мислења.\nЕдна точка тука треба да се разгледа. Рековме дека неутралната гледна точка не е, спротивно на вообичаените заклучоци за таа фраза, некаква стварна ''гледна точка'' што е \"неутрална\", или \"средна\" помеѓу две позиции. Таа со себе носи точно разбирање за тоа што значи \"неутрална гледна точка\". Преовладувачкото мислење во Викиизвор е дека неутралната гледна точка воопшто не е ''гледна точка''; според нашите разбирања, кога некој пишува неутрално, тој е многу внимателен да не тврди (или заклучува или наведува или суптилно го тера читателот да поверува) дека некое ''определено гледиште'' е точно.\nУште една точка исто така треба да се разгледа. Пишувањето непристрасно може да се сфати повеќе како ''прикажување'' на споровите, нивно ''опишување'', одошто впуштање во нив. Може да се мисли на непристрасно пишување како ладно, правично, аналитичко опишување на споровите. Секако, некој може да се посомнева дека ова може да се направи без на некој начин суптилно да се заклучува или да се наведува дека некоја позиција е точно. Но искусните академски граѓани, полемички писатели и ретори се навикнати на предрасуди, било нивни или на другите, така што, тие лесно можат да забележат опишување на спор што тежнее да фаворизира определена страна. Ако тие тоа го изберат, со мала креативност, тие можат да ја оттргнат таа предрасуда.\nСега една важна напомена: Статии што ги споредуваат гледиштата не треба да им даваат на малцинските гледишта толку детален опис како на попопуларните гледишта. Ние не треба да се обидуваме да прикажеме спор така што едно гледиште кое го делат само мал број на луѓе заслужува исто толку внимание колку и мнозинското гледиште. Ова може да не доведе на погрешен пат во прикажувањето на обликот на спорот. Ако веќе го прикажуваме спорот правично, ние треба да ги прикажеме конкурентските гледишта во пропорција со нивното репрезентирање меѓу експертите на таа тема, или меѓу вмешаните страни. Ова, од друга страна, не значи дека малцинските гледишта не може да добијат онолку внимание колку што е можно да им дадеме на страниците специјално посветени на тие гледишта. Не постои ограничување за големина на Викиизвор. Но дури и на тие страници, иако гледиштето е искажано многу подетално, ние треба да се осигураме дека гледиштето не е прикажано како ''вистината.'':Од Џимбо Велс, септември 2003, на мејлинг листата:\n::* Ако гледната точка е мнозинска, тогаш би требало да е лесно да се поддржи со референци на вообичаено прифатени текстови за темата;\n::* Ако гледната точка е на значајно малцинство, тогаш е лесно да се именуваат ''значајни'' приврзаници;\n::* Ако гледната точка е на екстремно мало (или многу ограничено) малцинство, тогаш тоа не припаѓа на Викиизвор (освен можеби во некоја помошна статија) без разлика дали е вистинито или не; и без разлика дали може да го докажете или не.\nПредрасудите не мора да се свесни. На пример, почетниците на некое поле често не успеваат да сфатат дека она што звучи као здраворазумно е всушност пристрасност кон некое одредено гледиште. (Затоа неретко ни треба стручњак со цел да се состави статијата целосно непристрасно.) Уште еден пример, е кога писталите, ненамерно, пропагираат \"географска\" пристрасност, како на пример опишување на некој спор, ''како да се одвива во една земја'', без да се знае дека спорот се води на поинаков начин во останатите земји.\nПолитиката на неутрална гледна точка не е да се кријат различните гледни точки, туку да се прикаже различноста на гледните точки. Во случај на контроверзи, јаките страни и слабите страни на секоја страна ќе бидат прикажани, без да се завземе страна. Фактите, сами по себе, се неутрални, но едноставната акумулација на факти не може да биде неутрална гледна точка. Ако само се прикажат фактите на една гледна точка во една статија, статијата сѐ уште не би била неутрална.\n3 Витална компонента: добро истражување\nМногу битки меѓу гледните точки би биле многу полесни преку практикување на добро истражување. Фактите не се гледни точки сами по себе. Затоа, лесен начин да се избегне давање на изјава што промовира нечија гледна точка е да се најде угледен извор и да се цитира изворот. Ова е лесен начин да се опише страна на дебатата без да се промовира гледиште. Трикот е да се најдат најдобрите и најугледните извори, колку што е возможно. Обидете се во библиотеката да најдете добри книги и статии од весници, и барајте ги онлајн изворите на кои најмногу може да се потпрете. Малку теренска работа може да заштеди многу време при оправдувањето на некоја подоцнежна изјава.\nУште една важна напомена е дека иако еден факт не е гледна точка сама по себе, додавањето на факти, без разлика колку добро цитирани, само од една страна на дебатата е проблем на прикажување на само една гледна точка. Најдете факти што не се ни од едната ни од другата страна и цитирајте го изворот.\n4 Едноставна формулација\nПонекогаш даваме алтернативна формулација на политиката на непристрасност: тврдете факти, вклучувајќи и факти за мислења, но не ги бранете мислењата сами по себе. Постои разлика меѓу факти и вредности, или мислења. Под \"факт\", ние мислиме \"дел од информација за кој не постои сериозен спор\". Во таа смисла, дека некоја анкета произвела испечатен резултат е факт. Дека Марс е планета е факт. Дека Сократ бил философ е факт. Никој сериозно не спори за некое од овие нешта. Затоа, ние можеме да се осеќаме слободни да ги ''тврдиме'' фактите, колку што можеме.\nПод вредност или мислење, од друга страна, ние подразбираме \"дел од информација за кого постои некаков спор\". Постојат гранични случаи за кои не знаеме дали да го земеме спорот за сериозно; но постојат многу случаи каде што многу јасно се искажува вредност или мислење. Дека крадењето е погрешно, е вредност или мислење. Дека Битлс се најголем бенд е вредност или мислење. Дека Соединетите Американски Држави погрешиле што фрлиле атомска бомба врз Хирошима и Нагасаки е вредност или мислење. Дека Бог постои... ова може да биде незгодно. Дали Бог постои или не е прашање на факт, ниту пак прашање на вредност. Но фактот суштински не може да се открие, и тоа дали Бог постои најчесто ќе се вметнува под вредност или мислење. Да се каже, како факт, дека \"постоењето на Бог е мислење\" за вакво чувствително прашање, значи да се заклучи дека не постои факт околу кој би се дискутирало (постмодернизам или јак агностицизам), или дека тоа е релативно неважно (секуларна пристрасност).\nВикиизвор е посветена на изнесување на факти и само факти. Таму каде што сакаме да изнесеме мислење, ние го претвораме тоа мислење во факт преку ''припишување'' на мислењето некому. Така, наместо да се тврди, \"Битлс се најголем бенд\", ние може да кажеме, \"Голем број на луѓе веруваат дека Битлс се најголем бенд\", што е факт кој може да се потврди со резултати од анкети, или пак \"Битлс имале многу хитови\", што исто така е факт. Во првиот пример тврдевме некое мислење; во вториот и третиот пример ние го \"претворивме\" тоа мислење во факт преку припишување на тоа мислење некому. Важно е да се забележи дека оваа формулација е суштествено различна од \"некои луѓе веруваат ...\" формулацијата, популарна во политичките дебати. Референцата бара препознатливо население што може приближно да се изброи или, уште подобро, име.\nПонатаму, при прикажувањето на мислење, важно е да се има на ум дека постојат разидувања во врска со тоа како мислењата би биле најдобро искажани; понекогаш, ќе биде неопходно да се даде квалификација за описот на мислењето или да се прикажат повеќе формулации, за да се стигне до решение кое правично ги прикажува сите водечки гледишта во ситуацијата. (Теолошките и философските дебати се особено тешки да се врамат на непристрасен начин; оваа страница даде пример на такво мислење - \"Бог постои\").\nНо, не е ''доволно'', да се искаже политиката за непристрасност на Викиизвор, со самото тоа што ќе се каже дека ние треба да искажуваме факти, а не мислења. Кога се искажува факт за ''мислење'', важно е ''исто така'' да се искажат факти за ''конкурентските мислења'', и тоа на тој начин да не се наведува дека некои од тие мислења е точно. Исто така е генерално важно да се наведат фактите за причините позади гледиштата, и да се разјасни кој стои зад нив. (Често најдобро е да се цитира истакнат претставник на гледиштето).\n5 Правичност и добронамерен тон\nАко имаме намера да ги опишеме споровите правично, ние треба да ги прикажеме конкурентските гледишта со конзистентно позитивен, добронамерен тон. Многу статии завршуваат со коментар на едната страна, ''иако'' се прикажани двете гледни точки. Дури и кога темата е прикажана со факти, а не со мислење, статијата сѐ уште може да зрачи со една позиција преку избор на кои факти ќе одат, а кои не, или уште посуптилно преку нивната организација; на пример, одбивање на спротивните гледишта, преку правење да изгледаат многу полошо отколку да би биле собрани во секција за спротиставени мислења.\nНаместо тоа, ние би требало, да пишуваме статии со тон со кој ''сите'' позиции се задоволително прикажани, со тоа што би требало да се има ум квалификацијата за екстремно малцинските гледишта. Да ги прикажеме сите значајни, конкурентски гледишта добронамерно. Ние можеме да пишуваме со став дека тоа и тоа е добра идеја, со исклучок на тоа што од гледиштето на некои недобронамерници, подржувачите на односното гледиште го превиделе тој и тој детал.\n6 Опишување на мислења за делата на некои луѓе\nПосебен случај е изразувањето на естетските мислења. Статиите на Викиизвор во врска со уметност, уметници и други креативни теми (на пр. музичари, глумци, книги, итн.) тендираат да бидат занесени. На ова не е местото во една енциклопедија. Ние може да не се сложиме дека тој-и-тој не е најголемиот гитарист во историјата, но би било важно да опишеме како некој уметник или некое дело е прифатено од општата публика или од истакнати стручњаци. Обезбедувањето на општ поглед на вообичаените интерпретации на едно креативно дело, препорачливо со цитати или референци од познати поединци што ја промовираат таа интерпретација, е соодветно. На пример, дека Шекспир е еден од најголемите драмски писатели на англиски јазик а малку знаење што некој може да го добие од енциклопедија. Сепак, во интерес на неутралноста, мора истотака да се напомене дека повеќе реномирани експерти сметаат дека постојат јаки докази дека авторот на многу од делата припишувани на Шескпир е всушност неговиот современик Кристофер Марлоу (т.н. „Марловска теорија“). Имајте во предвид дека определувањето на тоа како некој уметник или дело се прифатени од јавноста или критиката може да бара одредено истражување; но тоа мислење, а не субјективното мислење на писателот на Викиизвор статија, е тоа мислење што е релевантно.\n7 Последица: пишување за непријателот\nТие кои постојано се обидуваат да ги прогураат своите гледишта за политички теми, и кои изгледа дека не се грижат дали останатите гледни точки се прикажани правично, ја прекршуваат политиката за непристрасност (\"пишувај непристрасно\"). Но, политиката повлекува дека е наша работа да зборуваме за другата страна, а не само да ги браниме само нашите гледишта. Ако не се посветиме себеси во тоа, Викиизвор ќе биде послаба. Ние сите треба да сме вклучени во објаснување на гледните точки на другите, колку што е возможно подобронамерно.\nКога го велиме ова, ние појаснуваме нешто можеби било очигледно од првобитното читање на политиката. Ако на секој од нас му е дозволено да додава пристрасни нешта, тогаш како е возможно политиката било кога да е ''повредена''? Политиката ''вели'', \"Пишувај непристрасно\". Ако тоа ''не'' повлекува дека секој од нас треба правично да ги прикаже гледиштата со кои не се сложуваме, тогаш ''што'' значи? Можеби мислите дека ова значи, \"Прикажи ги своите гледишта правично, и остави другите да се искажат.\" Но имајте во предвид, ако секој од нас презема одговорност за ''целата'' статија кога ќе стиснеме \"зачувај\", тогаш кога правиме промена која ги прикажува ''нашите сопствени'' гледишта, но не и спротиставените гледишта, или пак ги прикажува спротиставените гледишта неправично и нецелосно, тогаш сигурно дека додаваме предрасуди во Викиизвор. Има ли смисла да ''не'' се превземе одговорност за целата статија? Има ли смисла да се земат реченици и да се рече, \"Овие се мои\"? Можеби, но во проект толку силно и изречно посветен на неутралноста, таквиот став изгледа нереално.\nДругата страна најверојатно може да ги смета вашите обиди да ги опишете нивните гледишта за недоволни, но намерата е тоа што се брои. Во решавањето на споровите околу неутралноста, многу е подобро да се признае дека сите страни мора да бидат прикажани правично, или пак барем почетнички да се обидеме да ги прикажеме останатите страни правично. Ова ќе биде повеќе ценето од воопшто да не се обидеме.\n\"Пишувањето за непријателот\" може да изгледа како да додаваме ''намерно'' оштетени аргументи во Викиизвор, што би било многу чудно. Но подобро е да се гледа ова (некако загадочно) однесување како давање на ''најдобрите'' (печатени) аргументи на опозицијата, преку цитирање на истакната личност што го истакнал аргументот во обликот во кој сте го прикажале, и нивно изнесување колку што е можно подобронамерно. Философите и академскиот свет, го прават ова постојано. Секогаш цитирајте ги вашите извори, и осигурајте се дека вашите извори имаат добра репутација, и вие нема многу да погрешите.\n8 Пример\nМоже да биде од помош разгледувањето на еден пристрасен текст и како Викиизворнците го направија биде барем релативно непристрасен.\nНа англиската Викиизвор, на страницата која се однесува на абортусот, рано во 2001 - та година, некои автори ја користеа страницата за да разменат боцкави аргументи, неспособни да се согласат за тоа кои аргументи треба да одат на страницата, и како спротиставените позиции да бидат прикажани. Тоа што беше потребно; и што беше додадено; беше длабинска дискусија за различните позиции за моралните и правните аспекти во врска со абортусот во различни времиња. Оваа дискусија за позициите беше внимателно составена за да не фаворизира ниедна од прикажаните позиции. Ова направи да биде полесно да се организираат и да се разберат аргументите што се однесуваат на темата абортус, кои беа прикажани добронамерно, со сите предности и слабости.\nПостојат многу други успешни приказни за статии кои го започнале својот живот буквално како пропагандни тиради, но се фино исчистени од луѓе кои се залагаат за прикажување на сите гледишта јасно и добронамерно.\n8.1 Уште еден пример\nКорисникот на англиската Викиизвор Karada го даде следниот совет во врска со\nстатијата за Садам Хусеин:\n:Дури не е ''потребно'' да кажете дека тој бил злобен. Затоа статијата за Хитлер не започнува со \"Хитлер бил злобен човек\"; тоа не е потребно, неговите дела го осудуваат илјадапати повеќе. Ние само непристрасно ги наведуваме фактите за Холокаустот, и гласовите на мртвите говорат на таков начин што го прави именувањето и бесмислено и непотребно. Ве молиме, направете го истото: наведете ги Садамовите злосторства и цитирајте ги вашите извори.\n9 Приговори и појаснувања\nТоа што следи е листа на чести приговори, или прашања, во врска со политиката на Викиизвор за непристрасност, следена од одговори.\n9.1 Не постои нешто такво како објективност\n''Секој со некаква философска софистикација го знае тоа. Па као може да ја сфаќаме политиката за \"неутралност\" сериозно? Неутралноста, недостигот на предрасуди, не е возможен.''\nОва е најверојатно најчестиот приговор на политиката за неутралност. Таа исто го одразува најчестото ''погрешно разбирање'' на политиката. Погрешното разбирање е дека политиката вели нешто за можноста за ''објективност''. Таа едноставно не го прави тоа. Поточно, политиката дури ''не'' кажува дека има такво нешто како објективност, или гледиште \"одникаде\" (фраза на Томас Најџел) - такво да сите статии напишани според ''таа'' точка се консеквентно објективно вистинити. Тоа не е политиката, и тоа не е наша цел! Наместо тоа, ние користиме различни разбирања за \"неутрално\" и \"непристрасно\", од она на што повеќето луѓе се навикнати. Политиката е дека ние треба да ги опишеме споровите наместо да се вклучиме во нив. Да се каже ''ова'' не е да се каже нешто спорно, од философска гледна точка; навистина, ова е нешто што философите го прават цело време. Софистицираните релативисти веднаш ќе препознаат дека политиката е совршено конзистентна со нивниот релативизам.\nАко постои ''било што'', што би било спорно во врска со политиката прикажана во овие редови, тоа е импликацијата дека е ''можно'' да се опишат споровите правично, така што сите главни учесници би можеле да го погледнат резултирачкиот текст, и да се согласат дека сите нивни гледишта се прикажани добронамерно и целосно колку што е можно (во контекстот на дискусијата). Емпириско прашање е, а не философско, дали ова е можно; и дека нешто такво ''е'' навистина можно е очигледно преку едноствно воочување дека такви текстови се пишуваат секојдневно од најспособните академици, енциклопедисти, учебникари и новинари.\nОва не треба да се сфати во таква смисла дека не може да постои објективна вистина во енциклопедија, бидејќи треба да се има во предвид дека лесно достапните документи треба да бидат цитирани или посочувани, изворите од прва рака, дури и да постојат извори од втора рака, кои ги цитираат неправилно. Неутралноста не не' принудува да воведуваме неточност во нешто што може да биде директно верификувано. Неутралноста вели дека можат да постојат повеќе истакнати интерпретации за значењето или валидноста на некое дело, но често содржината може да биде објективно проверена, посебно во случајот на современите документи.\n9.2 Псевдонаука\n''Како да пишуваме статии за псевдонаучни теми, за кои мнозинското научно мислење е дека тие не се кредибилни или дека воопшто не заслужуваат озбилно спомнување?''\nАко имаме намера да го прикажеме вкупниот збир на човечкото знаење, тогаш мораме да прифатиме дека ќе опишуваме гледишта што ни се непријатни без да тврдиме дека тие се погрешни. Нештата, сепак, не се толку лоши, колку што звучи. Задачата пред нас не е да ги опишеме споровите, на пример, така што псевдонауката би била еднаква со науката; наместо тоа, задачата е да се ''прикаже мнозинското (научно) гледиште како мнозинско гледиште и малцинското (понекогаш псевдонаучно) гледиште како малцинско гледиште''; и, понатаму, да објасниме како научниците ги прифаќаат псевдонаучните теории. Се ова е со цел да се ''прикажат споровите правично''.\nПсевдонауката може да се гледа како општествен феномен и затоа значаен. Како и да е, псевдонауката не смее да го затемни описот на главните гледишта, и секое спомнување на треба да биде пропорционално со остатокот на статијата.\nПостои малцинство на Википеднијанци кои се поставуваат толку строго околу овој проблем, што сметаат дека Викиизвор треба да прифати \"научна гледна точка\", наместо \"неутрална гледна точка\". Сепак, ова не е востановено дали навистина е потребна таква политика, имајќи во предвид дека гледиштето на научниците за псевдонауката може да биде јасно, целосно, и правично објаснето на приврзаниците на псевдонауката.\n9.3 Религија\nПолитиката на НГТ често значи прикажување на повеќе гледни точки. Ова значи претставување не само на гледните точки на различните групи денес, туку исто така и различните групи во минатото.\nВикиизвор е енциклопедија. Важна задача на енциклопедиите е да ги објаснат нештата. Во случајот со човечките верувања и обичаи, објаснувањето опфаќа не само што ги мотивира поединците што ги имаат овие верувања и обичаи, но истотака и опишување како овие верувања и обичаи настанале и биле обликувани. Статиите на Викиизвор за историјата и религијата влечат податоци од свети религиски текстови. Но, статиите на Викиизвор за историјата и религијата исто така влечат податоци и од модерни археолошки, историски и научни извори.\nМногу припадници на некоја религија ќе приговараат на критичкото разгледување на нивната вера, тврдејќи дека ова некако ги дискриминира нивните религиозни верувања. Тие би преферирале статијата да ја опише нивната вера, онака као што тие ја гледаат, што често е од не-историска перспектива (на пр. онака како нештата се сега, така нештата секогаш биле; сите разлики се од еретички секти што не ја прикажуваат вистинската религија.) Нивната гледна точка мора да биде спомната, но забележете дека не постои противречност. Политиката на НГТ значи дека кажуваме нешто налик на ова: Многу припадници на оваа вера веруваат во X, за што веруваат дека е нешто во кое членовите на оваа група секогаш верувале; но, заради прифаќањето на некои откритија (кажете кои) на модерните историчари и археолози (кажете кои), другите припадници на оваа вера (кажете која) сега веруваат во Z.\nВажна забелешка за употребата на терминот \"фундаментализам\". Ве молиме видете ја статијата во врска со фундаментализмот (на англиски), за техничката дефиниција на овој термин. Овој збор е често користен во статиите во врска со религијата, но треба да биде користен само во еден од неговите формални значења. Ние треба да се погрижиме да објасниме што мислиме под овој термин со цел да избегнеме: (а) предизвикување на непотребни увреди, и (б)наведување на читателот (најголемиот број на луѓе не знаат како овој збор треба да биде користен.) Ние не би требало да користиме овој термин во пејоративни фрази. Бидејќи религијата е контроверзна тема, бидете подготвени да видите некои од овие статии да бидат уредувани заради некои, наизглед, ситници.\n9.4 Морално навредливи гледишта\n''\nШто станува со гледишта кои се морално навредливи за најголемиот број на луѓе, како расизам, сексизам, и негирање на Холокаустот, што некои луѓе навистина ги имаат? Сигурно не можеме да бидеме неутрални во врска со ''нив''?''\nНие сигурно може да вклучиме долги разговори што ја прикажуваат нашата морална антипатија кон таквите нешта; со тоа, ние може да оддржиме здрава, конзистентна поддршка за неутралната гледна точка преку припишување на гледиштето на истакнати претставници или некои групи на луѓе. На останатите ќе им биде овозможено да размислат, и бидејќи разумни, сигурно ќе го прифатат нашето гледишта. Тие што во тајност подржуваат расизам, сексизам, итн., нема да бидат убедени да ги променат своите гледишта преку пристрасна статија, што нив само ги става во дефанзива; од друга страна ако направиме заеднички напор да ја примениме нашата политика за непристрасност конзистентно, може да им дадеме преглед на оние со морално навредливи гледишта, што би ги сменил тие гледишта.\n9.5 Давање на \"еднаква важност\"\n''Но, чекајте. Сметам дека оптимизмот во врска со науката против псевдонауката е без основа. Историјата покажува дека псевдо-науката може да ги потисне фактите, бидејќи тие што се потпираат на\nпсевдо-наука користат лаги, клевети, инсинуации и мнозински бројки на следбеници за да ги наметнат своите гледишта на сите. Ако овој проект им придава еднаква важност на оние што буквално тврдат дека Земјата е плоча, или на оние кои тврдат дела Холокаустот никогаш не се случил, резултатот е ќе биде дека (неволно) ќе ги легитимизираме и ќе ги промовираме таквите гледишта што можат единствено да се означат како зло.''\nДа разјасниме едно нешто: политиката за неутралност на Викиизвор сигурно ''не'' тврди, или имплицира, дека мора да \"придаваме еднаква важност\" на малцинските гледишта. Таа тврди дека не смееме да завземе став околу нив ''како'' енциклопедиски автори; но тоа не не' спречува да го опишеме мнозинското гледиште како такво; да ги објасниме правично јаките аргументи против псевдонаучната теорија; од опишување на силната морална антипатија што некои луѓе ја чуствуваат спрема некои морално навредливи гледишта; и така натаму.\nВидете ја оваа (на англиски), во врска со темата на \"еднаква важност\".\n9.6 Англо-американски фокус\n''Се чини дека Викиизвор има англо-американски фокус. Дали е ова спротивно со неутралната гледна точка?''\nДа, е, посебно кога се работи за статии што бараат интернационална перспектива. Присуството на статии напишани од американска или британска перспектива е едноставно одраз на фактот дека има многу американски и британски граѓани кои работат на проектот, што од друга страна е одраз на фактот што многу од нив се онлајн. Ова е постоечки проблем што треба да се корегира со активна соработка на луѓе од други земји. Но наместо да ја воведат нивната културална пристрасност, ти треба да настојуваат да ги подобрат статии преку отстранување на сите примери на културална пристасност што ќе ги стретнат. Ова не е проблем само на англиската Викиизвор. Викиизворта на француски јазик може да одразува француска пристрасност, јапонската Викиизвор може да одразува јапонска пристрасност, и така натаму.\n9.7 Недостаток на неутралност како изговор за бришење\n''\nПолитиката на неутралност понекогаш се користи како изговор за да се избришат текстови кои изгледаат пристрасно. Не е ли ова проблем?''\nВо многу случаи, да. Многу од нас веруваат дека фактот што некој текст е пристрасен не е доволно, само по себе, за веднаш да биде избришан. Доколку содржи валидни информации, текстот едноставно треба да биде уреден соодветно.\nПонекогаш е проблематично да се определи дали некое тврдење е вистинито или корисно, особено ако има малку луѓе кои знаат нешто за таа тема. Во такви случаи, добра идеја е да се стават приговори на страницата за разговор; ако постои некаква причина да се верува дека авторот на пристрасниот материјал не може да биде поттикнат да го промени, понекогаш го префрлуваме текстот на страницата за разговор (но не го бришеме целосно). Но последното треба да се направи, повеќе или помалку, како последно прибежиште, никогаш како начин да се казнуваат луѓето што напишале нешто пристрасно.\n9.8 Справување со пристрасни корисници\n''Се сложувам со политиката за непристрасност, но постојат некои кои изгледа дека се целосно, неизлечиво пристрасни. Мора да одам на и да расчистувам после нив. Што да правам?''\nОсвен ако случајот не е навистина огромен, можеби најдобро нешто е да се насочи вниманието на проблемот јавно, да се упати престапникот на оваа страница ( но љубезно; убавиот збор железни врати отвора) и да се повикаат другите напомош. Видете Решавање на спор за повеќе идеи. Секако дека постои точка во која нашиот многу силен интерес да бидеме целосно отворен проект се судира со интересот на огромното мнозинство на наши писатели, да им биде овозможено да ја завршат работата без постојано да мораат да ги поправаат упадите на луѓето кои не ја почитуваат нашата политика.\n9.9 Избегнување на постојани спорови\n''Како може да избегнеме постојани и бескрајни војни околу прашањата во врска со неутралноста?''\nНајдобриот начин да се избегне војна околу пристрасноста е да се запомне дека најголем дел од нас се доволно паметни, артикулирани луѓе, бидејќи не би работеле на проектов и не би се грижеле толку за него. Ние мора да си поставиме за цел да ги разбереме гледните точки на другиот и да работиме да се осигураме дека тие гледни точки се правично прикажани. Кога ќе настане спор за тоа што треба да стои во една статија, или што е вистинито, ние не смееме да завземеме противнички став; ние мора да направиме се' што можеме да се повлечеме и да се прашаме себеси, \"Како може овој спор да се прикаже правично?\". Ова мора да се прашуваме постојано кога некоја контроверзна точка ќе се појави. Не е наша работа да ја уредуваме Викиизвор така што таа ќе ги рефлектира нашите сопствени идиосинкретски гледишта и да ги браниме тие уредувања од сите; наша работа е да работиме заедно, да додаваме нови содржини, но исто така, кога е потребно, да постигнуваме компромиси за тоа како некое контроверзно прашање треба да биде опишано, така што ќе биде правично кон сите страни.\n9.10 Прифаќање на потребните претпоставки\n''Што во случај кога, за да се напишат некаква долга серија на статија за некоја општа тема, ние мора да прифатиме некои контроверзни претпоставки? Таков е случајот, на пр., при пишување за еволуцијата. Сигурно не мора да ја измешаме еволуција-против-креационизмот дебатата на секоја таква страница?''\nНе, се разбира. Практично нема теми на кои може да се пристапи без да се направат некои претпоставки кои ''некој'' ќе ги смета за контроверзни. Ова е вистинито не само во еволуционата биологија, туку и во филозофијата, историјата, физиката итн.\nТешко е да се постават генерални принципи, по кои би се раководеле во специфични случаи, но следнов може ќе помогне: веројатно не постои добра причина да се дискутира за некоја претпоставка на определена страница, доколку претпоставката е подобро и попродлабочено дискутирана некоја ''друга'' страница. Како и да е, кратка, ненаметлива забелешка може да биде соодветна, на пр., во статијата за еволуцискиот развој на коњите можеме да ставиме една кратка реченица во смисла дека некои креационисти не веруваат дека коњите (или било кои животни) претрпеле еволуција, и да го насочат читателот кон релевантната статија. Ако има доволно посебни аргументи за определена точка, тие може да се стават во посебна статија.\n9.11 Пишување за \"непријателската\" ГТ\n''Не сум убеден во тоа што го велите за \"пишувањето за непријателот.\" Јас не сакам да пишувам за непријателот. Најголемиот број од нив кажуваат како факт нешто што е докажани како погрешни. Дали велите дека, за да се биде неутрален при пишување на статија, јас мора да ''лажам'', за да го прикажам гледиштето со кое не се сложувам?''\nОва е погрешно разбирање за тоа што вели политиката за неутралност. ''Вие'' не тврдите ништо, освен тоа што велите, \"Тој-и-тој тврди дека ___________________.\" Ова може да се направи мирно, без морални самопрекпрувања, затоа што го припишувате тврдењето на ''некој друг''. Треба да се забележи дека интелектуалците се навежбани на тој начин, што дури кога се обидуваат да докажат нешто, контра-аргументите се вклучени, така што може да објаснат зошто контра-аргументите се неуспешни.\nОва може да биде посебно чувствителна тема, и голем број на луѓе навистина не успеваат да ја видат пристрасноста инхерентна во некој популарен термин, токму затоа што тој е вообичаено користен. Но не треба долго време да се разбере дека Англиската Викиизвор е високо интернационален проект, и неговите уредници може да имаат различни гледни точки. Важно е да се забележи дека ваквото ниво на објективност е доста ново за повеќето луѓе, и споровите во врска со вистинските термини може едноставно да зависат од рамнотежата на гледните точки.\n9.12 Останати прашања\n''Имам некои други прашања. Каде да прашам?''\nДодека помошните страници кои се однесуваат на неутралноста не се преведени, најдобро е да се упатите на некои од странските статии кои се однесуваат на оваа материја; можете да учествувате во Разговор за Викиизвор:Неутрална гледна точка; или пак испратете електронска пошта до администраторите на проектот на mk@wikipedia.org.", "subject": ["Викиизвор:Принципи и напатствија", "Викиизвор:Основни информации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%9D%D0%B5%D1%83%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%BA%D0%B0", "word_count": 6220, "cyrillic": 0.997}
{"id": "3457", "title": "Марко Цепенков", "text": "Марко Костов Цепенков (Ореовец (Прилепско), 7 ноември 1829 - Софија, 29 декември 1920) е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.\n1 Творештво\n1.1 Драми\n*''Црне војвода'' – 1903\n1.2 Народни приказни\n*''Силјан Штркот''*''Адамъ и Ева испѫдени отъ Рай''\n2 Забелешки", "subject": ["Марко Цепенков"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%A6%D0%B5%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%B2", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2993", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Ефес", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, одбран од Бог да му биде апостол на Исус Христос, до Божјиот свет народ во Ефес, до верните следбеници на Исус Христос.\n<sup>2</sup>Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.\n2 Духовни благослови\n<sup>3</sup>Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков вид духовни благослови од небесните простори, бидејќи Му припаѓаме на Христос.\n<sup>4</sup>Поради Својата љубов спрема нас, уште пред светот да биде создаден, Бог нѐ одбра да бидеме Негов народ, преку вера во Христос, и да бидеме свети и без пороци во Неговите очи.\n<sup>5</sup>Неговиот план отсекогаш беше, преку Исус Христос, да нѐ посвои, да нѐ направи Негови деца. Тоа беше резултат на Неговата благонаклоност спрема нас.\n<sup>6</sup>Го славиме Бог заради таа прекрасна благонаклоност што ја излеа врз нас, бидејќи Му припаѓаме на Неговиот сакан Син.\n<sup>7</sup>Христос ја пролеа сопствената крв за да нѐ откупи. Сега гревовите ни се простени. Го стори тоа поради Својата неизмерна благонаклоност спрема нас,\n<sup>8</sup>излевајќи ја врз нас заедно со сета мудрост и разбирање.\n<sup>9</sup>Бог ни откри каква Му била намерата и ни го објасни тајниот план што веќе беше решил да го оствари преку Христос.\n<sup>10</sup>Планот што Бог ќе го доврши, кога за тоа ќе дојде време, е да собере сѐ заедно, и од небото и од земјата, и да го стави под власт на Христос.\n<sup>11</sup>Токму по заслуга на Христос и ние бевме избрани за наследници, однапред определени од Бог, Кој сѐ прави онака како што Самиот Тој ќе реши.\n<sup>12</sup>Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос.\n<sup>13</sup>И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.\n<sup>14</sup>Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог.\n3 Молитва за духовна мудрост\n<sup>15</sup>Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани\n<sup>16</sup>и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас.\n<sup>17</sup>Го молам Бог, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие сѐ за Себе, за да Го запознаете целосно.\n<sup>18</sup>Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ,\n<sup>19</sup>колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила\n<sup>20</sup>со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна.\n<sup>21</sup>Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.\n<sup>22</sup>Бог сѐ стави под власт на Христос и Го постави за Господар над сѐ, во полза на црквата,\n<sup>23</sup>Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува сѐ и насекаде.\n= Глава 2 =\n4 Оживеани со Христос\n<sup>1</sup>Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови.\n<sup>2</sup>Живеевте грешно, онака како што живее и останатиот свет. Му се покорувавте на ѓаволот, на оној што владее со силите во воздухот, на духот што и сега владее во оние што не Му се покоруваат на Бог.\n<sup>3</sup>Сите ние порано живеевме така. Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот. Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе.\n<sup>4</sup>Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас,\n<sup>5</sup>така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој нѐ врати во живот. Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме. Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува.\n<sup>6</sup>Значи, заедно со Исус Христос, Бог нѐ воскресна и нас, и ни даде место на небото, веднаш до Исус, затоа што сме во единство со Него.\n<sup>7</sup>Тоа го стори за да бидеме пример во времињата што доѓаат за Неговата огромна благонаклоност, што се покажа преку сето она што Тој го стори за нас, кои сме на страната на Исус Христос.\n<sup>8</sup>Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.\n<sup>9</sup>Никој не го заработил, па да може да се фали.\n<sup>10</sup>Ние сме Божјо совршено, врвно дело. Создадени сме преку Исус Христос, за да живееме живот исполнет со добри дела, што Бог уште одамна ги испланирал за нашите животи.\n5 Помирување и единство преку Христос\n<sup>11</sup>Затоа не заборавајте што бевте порано. Вие според раѓањето не сте Евреи. Оние што се обрежани, иако е тоа само телесно обрежување и извршено од човечка рака, со презир ве нарекуваа „необрежани “.\n<sup>12</sup>Тоа беше кога Го немавте Христос. Бевте туѓинци и не бевте дел од Божјиот народ. Немавте дел во заветот, во ветувањата што Бог му ги даде на Својот народ. Живеевте во овој свет без надеж и без Бог.\n<sup>13</sup>Но сега го имате Исус Христос. Вие кои некогаш бевте далеку, сега сте доведени близу до Бог, благодарение на крвта што Христос ја пролеа за вас.\n<sup>14</sup>Христос е Тој што нѐ помири, Кој од Евреи и неевреи направи еден народ. Го урна ѕидот што нѐ раздвојуваше и нѐ правеше непријатели.\n<sup>15</sup>Со својата смрт Христос му стави крај на целиот еврејски систем од заповеди и правила. Преку Себе Христос создава нов човек, и од Евреин и од неевреин, изградувајќи така мир.\n<sup>16</sup>Умирајќи на крстот, и за едните и за другите, Христос го уништи непријателството што владееше меѓу нив, ги помири со Бог и ги обедини во еден народ.\n<sup>17</sup>Христос дојде и проповедаше помирување со Бог, и за вас неевреите што бевте далеку, и за нас Евреите што Му бевме близу.\n<sup>18</sup>Преку Него и вие и ние, со посредство на Светиот Дух, имаме пристап до Таткото.\n6 Храмот Господов\n<sup>19</sup>Затоа сега вие не сте веќе туѓинци и странци, туку сограѓани на Божјиот народ и членови на Божјото семејство.\n<sup>20</sup>И вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е ваш потпорен камен.\n<sup>21</sup>Тој целата градба ја држи цврсто поврзана и ја претвора во свет храм на нашиот Господ.\n<sup>22</sup>Соединети со Него, и вие сте дел од духовната градба во која живее Бог.\n= Глава 3 =\n7 Откривањето на Божјиот таен план\n<sup>1</sup>Токму поради тоа што ви проповедам за Исус Христос и вам кои не сте Евреи, јас, Павле, сега лежам в затвор.\n<sup>2</sup>Вие сигурно сте слушнале дека Бог ми ја довери задачата да ви ја проповедам Неговата милост и љубов спрема вас, неевреите.\n<sup>3</sup>Тој ми го откри и објасни Неговиот таен план. (За тоа порано накратко ви пишував,\n<sup>4</sup>и можете да прочитате, за да дознаете како ми беше откриена тајната за Христос.)\n<sup>5</sup>На претходните поколенија таа тајна не им беше објавена. Бог сега, преку Светиот Дух, им ја откри на Неговите свети апостоли и пророци.\n<sup>6</sup>Од Радосната вест дознаваме дека тајната е во тоа што по заслуга на Исус Христос и нееврејските народи се соучесници во ветувањата што ги даде Бог, сонаследници со Евреите и органи на истото тело.\n<sup>7</sup>Бог беше многу милостив и благонаклонет спрема мене. Неговата сила ми даде дарба и задача да ја ширам Радосната вест.\n<sup>8</sup>Спрема мене, најмалку достојниот од сите Божји избраници, Бог беше благонаклонет и ме одбра да им ја проповедам Радосната вест на нееврејските народи, веста дека им стојат на располагање неисцрпни богатства, сѐ по заслуга на Христос.\n<sup>9</sup>Бог, Создателот на сѐ што постои, ме одбра да им го објаснувам на сите луѓе Божјиот план, што со векови беше скриен во Неговиот ум.\n<sup>10</sup>Целта беше преку формирањето на Црквата да им се покаже на сите владетели и власти во небесните простори дека Бог има многустрана мудрост.\n<sup>11</sup>Сето тоа беше во согласност со Божјиот вечен план, што се оствари преку нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>12</sup>Во заедништво со Христос и преку вера во Него ние можеме смело и со целосна доверба да Му пристапуваме на Бог.\n<sup>13</sup>Затоа ве молам да не се обесхрабрувате поради страдањата низ кои сега јас минувам. Тие ќе бидат за ваша полза, за ваша слава.\n8 Молитва за духовна сила\n<sup>14</sup>Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко,\n<sup>15</sup>Создателот на секој род, и на небото и на Земјата.\n<sup>16</sup>Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи.\n<sup>17</sup>Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов,\n<sup>18</sup>за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов.\n<sup>19</sup>Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.\n<sup>20</sup>А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме,\n<sup>21</sup>нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња! Амин!\n= Глава 4 =\n9 За единство во црквата\n<sup>1</sup>Затоа ве молам, јас кој сум затвореник поради тоа што проповедам за Господ, да живеете живот достоен за луѓе што се повикани, одбрани од Бог.\n<sup>2</sup>Да бидете понизни, кротки и трпеливи. Да се толерирате меѓусебно и да се сакате.\n<sup>3</sup>Трудете се да ги зачувате единството, меѓусебната поврзаност и мирот што ви ги дава Светиот Дух.\n<sup>4</sup>Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.\n<sup>5</sup>Постои само еден Господ, само една вера, само едно крштавање.\n<sup>6</sup>Постои само еден Бог, Татко на сите. Тој е Господар над сите, дејствува преку сите и живее во сите.\n<sup>7</sup>Но Христос секого од нас го надарил со разновидна дарба, како што Тој милувал.\n<sup>8</sup>Затоа Светото писмо вели:\n=П „Кога се вознесе во висините, =П зеде со Себе многу затвореници =П и им даде дарови на луѓето. “\n<sup>9</sup>Што значи тоа „кога се вознесе “? Тоа подразбира дека Тој прво слезе до најдолните предели на Земјата.\n<sup>10</sup>Тој што слезе е истиот Оној што се издигна високо над сите неба, а тоа е Христос, за да може да ја исполни целата вселена и да владее со неа.\n<sup>11</sup>Христос надарил некои луѓе да бидат апостоли, други да бидат пророци; некои да бидат евангелизатори, а други духовни пастири и учители.\n<sup>12</sup>Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело - изградба на Црквата, духовното Христово тело,\n<sup>13</sup>сѐ додека сите заедно не постигнеме единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, со што ќе станеме целосно зрели според возвишените стандарди што ги постави Христос.\n<sup>14</sup>Не треба веќе да се однесуваме како малолетници, фрлани наваму - натаму од брановите, носени од сите ветришта на лажните човечки учења, кои итро ги водат луѓето во стапицата на измамата.\n<sup>15</sup>Треба да растеме, цврсто држејќи се до вистината, искажувајќи ја со љубов, доближувајќи се во секој поглед до Оној што е главата, до Христос.\n<sup>16</sup>Тој го поврзува и обединува целото тело, за да функционира како сложна целина. Кога секој дел од телото си ја извршува својата функција, целото тело расте, самото себе се изградува и се исполнува со љубов.\n10 Нова природа за богоугоден живот\n<sup>17</sup>Затоа ви велам и ве обврзувам пред Господ: не треба веќе да живеете онака како што живеат луѓето кои не знаат за Господ, водени од нивните празни умови.\n<sup>18</sup>Нивните умови се помрачени. Тие се отуѓени од животот што доаѓа од Бог, затоа што не го разбираат тоа, а не го разбираат бидејќи срцата им се закоравени.\n<sup>19</sup>Тие веќе не го разликуваат праведното од грешното. Лакомо се препуштаат на разни пороци и на секаков вид гнасни работи.\n<sup>20</sup>Но вие што сте запознаени со учењето на Христос, не сте учени така да живеете.\n<sup>21</sup>Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус.\n<sup>22</sup>Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.\n<sup>23</sup>Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.\n<sup>24</sup>Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.\n<sup>25</sup>Веќе не треба ни да помислите да лажете, туку да ја зборувате само вистината, бидејќи сме органи на едно исто тело.\n<sup>26</sup><Не гневете се во толкава мера та да грешите! “ Гневот нека ви помине уште истиот ден!\n<sup>27</sup>Не оставајте простор ѓаволот да дејствува!\n<sup>28</sup>Кој крадел, да не краде веќе; нека работи нешто чесно, нека заработува со своите раце, па да може да им дава и на оние што имаат потреба од помош.\n<sup>29</sup>Лоши зборови да не излегуваат од вашата уста! Зборувајте поучни работи, зборови од кои слушателите ќе имаат некаква полза.\n<sup>30</sup>Не ожалостувајте го Светиот Дух со своите постапки. Тој е вашиот гарант дека сте спасени и ве чува за денот на откупувањето.\n<sup>31</sup>Ослободете се од сета горчина, гнев и лутина. Немојте да викате еден на друг и да се навредувате. Ослободете се од сѐ што е зло.\n<sup>32</sup>Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.\n= Глава 5 =\n11 Христијански начин на живеење\n<sup>1</sup>Следете го Божјиот пример, бидејќи вие сте Негови омилени деца.\n<sup>2</sup>Вашите постапки нека бидат водени од љубовта, токму онака како што Христос, воден од љубов, го принесе Својот живот како жртва што Му е пријатна на Бог и има сладок мирис.\n<sup>3</sup>Вие сте свети Божји луѓе и меѓу вас не смее да има блуд, гнасотии и алчност.\n<sup>4</sup>Не смее да има безобразни, глупави разговори и двосмислени шеги. Сето тоа не ви прилега. Наместо тоа, искажувајте ја вашата благодарност спрема Бог.\n<sup>5</sup>Можете да бидете сигурни дека ниту еден блуден, гнасен или алчен човек нема да биде во царството на Христос и на Бог. И алчноста е еден вид идолопоклонство!\n<sup>6</sup>Не дозволувајте никој да ве мами, наоѓајќи оправадување за ваквите гревови! За вакви работи Бог ги казнува сите непослушни луѓе!\n<sup>7</sup>Со такви луѓе немојте да си имате работа.\n<sup>8</sup>Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина. Затоа однесувајте се како деца на светлината.\n<sup>9</sup>Таа светлината во вас ќе роди секаков вид добрина, праведност и вистина.\n<sup>10</sup>Трудете се да откриете што Му е мило на Бог и тоа правете го.\n<sup>11</sup>Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината. Напротив, разоткривајте ги!\n<sup>12</sup>За она што тајно го прават некои луѓе срамота е дури и да се зборува!\n<sup>13</sup>Но светлината ќе ги разоткрие и сѐ ќе излезе на виделина,\n<sup>14</sup>Зашто сѐ што е изложено на светлина, станува јавно. Затоа е речено во Светото писмо:\n=П „Стани ти што спиеш, =П воскресни од мртвите =П и Христовата светлина ќе те огрее. “\n12 Да се живее под водство на Светиот Дух\n<sup>15</sup>Внимавајте како живеете! Нека биде тоа мудро, а не неразумно.\n<sup>16</sup>Ова се тешки времиња, затоа користете го секој миг.\n<sup>17</sup>Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате.\n<sup>18</sup>Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води!\n<sup>19</sup>Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ!\n<sup>20</sup>Постојано и за сѐ заблагодарувајте Му се на Бог, Небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.\n13 За односот меѓу сопружниците\n<sup>21</sup>Слушајте се еден со друг од почит спрема Христос.\n<sup>22</sup>Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ,\n<sup>23</sup>зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело,\n<sup>24</sup>па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во сѐ да им се послушни на своите сопрузи.\n<sup>25</sup>Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа,\n<sup>26</sup>за да ја направи света, очистувајќи ја преку воденото крштавање и преку Божјото Слово.\n<sup>27</sup>да ја доведе пред Себе славна, без дамка, без брчка, без ништо слично, па да биде света и без мана.\n<sup>28</sup>Така треба и мажот да ја сака својата сопруга. Да ја сака онака како што си го сака сопственото тело. Кога човек си ја сака сопругата, покажува дека се сака самиот себе.\n<sup>29</sup>Никој не го мрази сопственото тело, туку го храни и се грижи за него. Тоа го прави и Христос за Црквата.\n<sup>30</sup>А ние сме органи во Неговото тело - Црквата.\n<sup>31</sup>Светото писмо вели: „Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело. “\n<sup>32</sup>Тоа е голема мистерија, но ова што го зборувам се однесува на Христос и на Црквата.\n<sup>33</sup>Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.\n= Глава 6 =\n14 Должностите на децата и на родителите\n<sup>1</sup>Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение.\n<sup>2</sup>Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка. “\n<sup>3</sup>А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на земјата. “\n<sup>4</sup>Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.\n15 Должностите на робовите и на господарите\n<sup>5</sup>Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од сѐ срце, како да Му служите на Христос.\n<sup>6</sup>Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од сѐ срце ја исполнуваат Божјата волја.\n<sup>7</sup>Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето,\n<sup>8</sup>зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.\n<sup>9</sup>Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!\n16 Духовното оружје на христијаните\n<sup>10</sup>На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.\n<sup>11</sup>Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на ѓаволот.\n<sup>12</sup>Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори\n<sup>13</sup>Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.\n<sup>14</sup>Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста,\n<sup>15</sup>обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.\n<sup>16</sup>Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот.\n<sup>17</sup>Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјиот збор.\n<sup>18</sup>Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.\n<sup>19</sup>Молете се и за мене, за кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест,\n<sup>20</sup>иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.\n17 Поздрави\n<sup>21</sup>Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.\n<sup>22</sup>Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.\n<sup>23</sup>На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос.\n<sup>24</sup>Бог нека им биде благонаклонет на сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос со љубов што не гасне.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%95%D1%84%D0%B5%D1%81", "word_count": 3350, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3467", "title": "Григор Прличев/ Охридски џган", "text": "...Оној што целиот (град) го управува...\nНе прифаќа одлични совети,\nТуку од страв си ја затворил устата,\nИзгледа дека е најлошиот и сега и порано,\nИ поголем пријател го смета оној\nКој место својата татковина...\n....Може ли да ги поднесува срамните болни амбиции?\nОние простаци кои биле премногу од тифус инспирирани?\nОние демагози, онаа серија на расцепи?\nКој нема да се насмее, речете ми, ако не е комичар?\nКој нема да заплаче ако не е чувствителен?\nПодобра работа не може човек да направи,\nДа не земе место во оваа бркотија,\nДа ги гледа но оддалеку и да не стои неактивен,\nНа својата поетска лира обожавателот и мистагот,\nПред да ги види резултатите на некаква нивна отпатност,\nСо ритам ним да им ги палца лошотиите на нивната глава,\nЛичи овој денешен град Охрид.....\n...Морето ги турка и не ги остава да влезат,\nСекогаш, секогаш, Охрид ќе го наткрилуваат несреќи?\nВо него секогаш ли ќе се случуваат потреси и безредија?\nИ секогаш ли во него ќе царува злото?\nСекогаш ли ќе триумфира интригата и злосреќата?\nСтрадања, расцепи големи, расправии, групации?\nИ големи ползења и штетни ласкавости?\nНиски демагози, Садукејски банди?\nЛудости и безумности!!!....\n...На кој граѓанин срцето ќе остане незаинтересирано,\nИ на илјада парченца нема да се расцепи од жалост?\nМесто што требаше ним да им го свртиме грбот,\nБез да гледаме со гостољубив поглед,\nМесто што требаше од куќите да ги изгонеме со дрво,\nКако што готвачите го гонат кучето од кујната,\nНие ги запознавме со жената и сестрата ни,\nИ на тој начин ја употребуваат нашата скапоцена чест.\nНе можам да ги разберам изворот и причините,\nНа ваквата општа парализа на Охрид...\n...Несреќа! Царува кај сите морална расипаност,\nИ кај никого не постои ни најмала разлика.\nНесреќа! Кај народот огромна неблагодарност,...\n...Мнозина пријателството го држат на збор,\nНо умот од сосем малечок број (луѓе) ги повраќа во душата\nДамона и Финтија, пријатели толку цврсти непристрасни и чисти...\n...Јас сум сепак онај беден пријател на вистината.\nИ потоа непријател бескомпромисен на измамата и лошотијата...\n...Се пресметувам со се во светот и со глупостите,\nА состојбата на бедниот Охрид ја оплакувам.''\n1 Поврзано\n* Григор Прличев", "subject": ["Григор Прличев"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80_%D0%9F%D1%80%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2/_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%9F%D0%B3%D0%B0%D0%BD", "word_count": 353, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3476", "title": "Франце Прешерен/ Под прозорец", "text": "Месечина,\nполноќ мина -\nбавно доцен бие ѕвон;\nв срце сега\nбол ме стега,\nта си немам трошка сон.\nТи си крива,\nљубезнива,\nдевојко, со срце зло.\nТи ме рани\nи ми браниш\nсон да најдам в својот дом.\nКај да седам\nсè го гледам\nпостојано твојот лик;\nкопнеж ти си,\nв срце ми си,\nне те забравам ни миг.\nВ ноќта бела\nдојди, ела -\nтреперат сал ѕвезди рој,\nод прозорот,\nдај го зборот,\nда знам дал сум сакан твој?\nДа ми дадеж\nтрошка надеж,\nмавни рака ти, без глас.\nНоќ е темна,\nми те нема\nшто да чинам кутар јас?\nВ домот нејзин\nѕвездо влези,\nпогледај дали сон ја свил;\nдали слуша,\nили куша,\nили мисли на друг мил?\nВ сон ли трае\nздрав да е,\nме куша ли - не е зло!\nНа друг, ако мисли в мраков\nжив да не сум поарно.", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%9F%D0%BE%D0%B4_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B5%D1%86", "word_count": 143, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3479", "title": "Ѓорѓи Абаџиев", "text": "Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963), македонски раскажувач, романописец, историограф, публицист и сценарист.\nСредно образование завршил во Горна Џумаја (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија..\n1 Творештво\n* „Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936),\n* „Изгрев“ (раскази, 1950),\n* „Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951),\n* „Последна средба“ (раскази, 1953),\n* „Арамиско гнездо“ (роман, 1954),\n* „Пустина“ (роман, 1961),\n* „Балканските војни во Македонија“ (монографија, 1972).", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8_%D0%90%D0%B1%D0%B0%D1%9F%D0%B8%D0%B5%D0%B2", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3474", "title": "Франце Прешерен/ Здравица", "text": "Пријатели! Се дрочи\nво гроздот вино пак за нас,\nшто ќе нѝ ведри очи\nи брекне жили, вивне глас,\nи затре в миг,\nјад секој, крик,\nи надеж в гради крене вчас.\nНо, кому полна чаша\nда му се крене најнапред?\nЗемјава, боже, наша\nварди ја, и сет словенски свет,\nи секој вред.\nИ секој син\nшто е по мајка славјанин.\nВраговите, пак, нека\nод небо да ги стрешти гром,\nслободна да е сека\nсловенска куќа и дом,\nпрангиите\nсо раце две\nво неврат да ги пратиме.\nЕдинство, среќа, слога\nда нѝ се вратат пак;\nчеда на Славија, тогаш\nзберете се во синџир јак,\nИ сета власт\nи честа, вчас\nда бидат пак во нас.\nБог да ве поживи, вас\nСловенски, рози мамни,\nзар има моми, ко у нас,\nпо лика да ви се рамни,\nИ родот ваш\nда биде страж\nи страв за врагот наш.\nЕј, младинци, се пие\nза вас наздравица, о, надеж наша,\nна татковината вие\nдајте ѝ ја љубовта ваша,\nта после нас\nсо чест и страст,\nбранете ја во секој час.\nИ сите народи да крепнат\nшто жедни се за оној ден\nв кој нема в спор и в крв да трепнат,\n- ден в светло сонце озарен,\nда нема враг\nпред никој праг\nи секој сосед да е драг.\nПријатели, на крај\nда кренеме и за нас чаша.\nСе побратимимвме и ај\nда пиеме за таа дружба наша!\nТа, многу дни\nи добрини\nнам, господе, на добрите, ни дај.", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%97%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 244, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3502", "title": "Франце Прешерен/ На поетот", "text": "Кој знае\nноќ темна да збистри, дух нам кај ни чмае!\nКој може\nкоспиле страно да стори да згине\nод утро до вечер срце што нѝ кине!\nКој збори\nспомените дека поштук ќе ги стори\nи очајот иден пред очи да гори,\nи избегне штурост што сега го мори!\nКој пат\nпоет да си сакаш, но осеќаш јад\nво гради да носиш ти и рај и ад!\nКој си, знај,\nти спомни си, трпи без спокој и трај.", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%9D%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3485", "title": "Венко Андоновски", "text": "Венко Андоновски (роден во Куманово, 30 мај 1964 година) е еден од најпопуларните македонски писатели на почетокот од 21. век. Тој е раскажувач, романописец, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар. Завршил Филолошки факултет во Скопје.\n1 Творештво\n*Поезија: Нежното срце на варварот, 1986\n*Раскази: Квартот на лиричарите (1989), Фрески и гротески (1993)\n*Романи: Азбука за непослушните (1994), Папокот на светот (2000), Вештица (2006)\n*Драми: Адска машина (1993), Бунт во домот за старци (1994), Словенскиот ковчег (1998), Кандид во земјата на чудата (2000), Црни куклички (2001)\n*Критика: Матошевите ѕвона (1996), Текстовни процеси (1997), Структура на македонскиот реалистичен роман (1997), Дешифрирања (2000)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE_%D0%90%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3472", "title": "Франце Прешерен", "text": "Франце Прешерн (словенечки: France Prešeren, 3 декември 1800, Врба, Словенија - 8 февруари 1849, Крањ) е еден од најголемите словенечки поети. Франце Прешерн словенечката книжевност со големината на својот талент ја воведе во европската литература.\n1 Творештво\nФранце Прешерен е автор на:\n1.1 Поезија\n1.1.1 Сонети\n* Сонетен венец\n1.1.2 Песни\n* Здравица\n* Под прозорец\n* Молба\n* Силата на споменот\n* Морнар\n* Во спомен на Валентин Водник\n* На поетот\n2 Забелешки", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD", "word_count": 71, "cyrillic": 0.965}
{"id": "3494", "title": "Франце Прешерен/ Молба", "text": "Врти се и по други,\nно поглед и мене дај ми,\nсврти се кон мене, другарко,\nда видам очи ти сјајни!\nРужите глава ведат,\nцвеќето брзо вене,\nни птици песни редат\nво шумана таму, ене,\nни пчелки вредни таму\nво цветон сладок зујат\nи рипките весели само\nсамотна тага ги труе;\nќе свене сè на светов\nв природа лична што спие\nштом сонце дарбата сета\nподолго време ја скрие.\nНе растат ружи в поле,\nни птици в шума чудна,\nнема ни пчели в пролет,\nни рипки во вода студна\nко мисли јас - што тонат\nво љубов гладна, жедна,\nпа песни копнеат, сонат\nда летнат од градва бедна.\nНо крила да рашири ширни\nо, нема пред да самне\nод рајски ти очи самне\nпред сјајот жив да пламне.\nПа мразот да не ги плаши\nсо смртни сенки што дават,\nпред Словенците наши\nчеста да ти ја слават.\nНе сакај ме мене ти, ако,\nно поглед само дај ми,\nсврти се кон мене ваков,\nда видам очи ти сјајни!", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B1%D0%B0", "word_count": 167, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3482", "title": "Душко Аврамов", "text": "Душко Аврамов е македонски поет за деца. Роден е во Скопје на 29 април 1938 година. Починал во Скопје на 19 јули 1998 година. Завршил Виша Педагошка Школа во Скопје 1963 година и Филолошки факултет во Скопје 1969 година.\n1 Творештво\n* Славејот на одмор (1970),\n* Болен зајко (1971),\n* Со песни низ оган (1971),\n* Ајкулата заби мие (1972),\n* Свет без граници (1974),\n* Има еден убав збор (1979),\n* Венец од ѕвезди (1980),\n* Те сакам, ме сакаш (1985),\n* Најсветлата ѕвезда (1990),\n* Ајде да се дружиме (1994),\n* Цвет до цвет (1996),\n* Стевче смелче (1996).\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%BE_%D0%90%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B2", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3043", "title": "Викиизвор:Цитирајте извори", "text": "Викиизвор е библиотека која секој може да ја уредува. Бидејќи технички секој може да напише било што, потребно е информациите кои ќе се најдат во нејзините статии да бидат веродостојни: да не потекнуваат од сопствени истражувања, туку од сигурни и веродостојни извори. Затоа се наметнува потребата од проверливост на содржината — за да се провери колку е таа содржина вистинита, но и за да дојде до повеќе информации во врска со дадената тема. Било која статија која се стреми да биде добра или одлична мора да ги цитира своите извори.\nЦитирањето на извори се врши со помош на ''референци''. Референца претставува краток текст кој уникатно посочува кон одреден извор на информации.\n''Пример:''\n*Б. Видоевски: ''Правопис на македонскиот литературен јазик''. Просветно дело, Скопје, 1998\nКомплетната листа на изворите од коишто се цитира е сместена на крајот од статијата (пред секцијата „Надворешни врски“) во секција со наслов ==Референци== (или алтернативно: ==Извори==, ==Наводи==, ==Цитирана литература== или само ==Литература== — ова е на избор на уредувачот).\nОва напатствие покажува:\n#Кога има потреба да се цитираат извори — Во изданија со енциклопедиски карактер, изворите треба да бидат цитирани при додавање на материјал преземен од други извори на информации. Во спротивно, наведеното тврдење или содржина се смета за произволна и непотврдена, а со тоа ''се оспорува нејзиниот научен каректер''#Како да се презентираат изворите во статијата — Цитатите обично се прикажани во статиите преку една од методите опишани подолу во секцијата за презентација од ова напатствие. Во рамките на една статија треба да се користи ист начин на цитирање - ако статијата веќе има неколку цитати, уредувачот треба да го користи методот кој веќе е во употреба или да бара консензус пред да го промени.\n#Како да се форматираат референците — Препораките за цитирање кои се дадени во текстот што следи треба да се почитуваат. Овде прикажаниот начин на цитирање на изворите на информации не е единствениот постоен. Затоа многу поважно е со цитирањето на изворите на информации за читателите на Викиизвор да овозможите проверливост нејзините содржини. Затоа додадете го Вашиот извор дури и кога не сте сигурни како правилно да го форматирате цитатот, но обидете се да додадете доволно информации за да тој може да се идентификува, а останатите членови на Вики заедницата ќе го поправат форматирањето.\n1 Краток преглед\n1.1 Цитирање со фусноти\nНајчест (и најпожелен) начин на цитирање на изворите на информации во Викиизвор е со користење на фусноти. Основните чекори кои треба да се преземат за да се направи тоа се следните:\n* Веднаш по текстот на кој сакате да му придружите извор се додава <ref>''овде детали за цитираното дело''. Овој цитат ќе се појави како горен индекс до зборот кој му претходи.\n* Доколку внесувате нова страница, или пак, додавате прва фуснота кон постојна страница, тогаш додадете го и следниот го и следниот код на крајот на страницата:\n:\n==Референци==<references /> || | ''ИЛИ'' || ==Референци==\n|}\n* Сите цитати кои ќе ги наведете на дадената страница ќе се јават при дното на таа страница и ќе бидат излистани заедно со другите фусноти. Со одбирање на бројот на горниот индекс (кој претставува дадена референца) читателот ќе биде однесен до референцата за соодветниот извор на информации.\nНа пример, го внесуваме овој код:\nВо масакрот загинале 42 жени.&lt;ref>Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009, стр. 42.&lt;/ref>\n&#61;= Референци ==\nА, тоа ќе изгледа вака:\nВо масакрот загинале 42 жени.<sup>[1]</sup>\nРеференци\n----\n^ Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009\n1.2 Општо цитирање\n* Ако работите на нова страница (статија), или пак, додавате референци кон некоја постојна страница, на крајот на текстот додадете ги го и следниот код:\n:==Референци==:*''детали за цитираните извори''\nЦитатите кои ќе ги наведете во вашата статија ќе се појават при дното на страницата и ќе бидат излистани во форма на подточки.\nНа пример, го внесуваме овој код:\nВо масакрот загинале 42 жени.\n&#61;= Референци ==\n*Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009\nА, тоа ќе изгледа вака:\nВо масакрот загинале 42 жени.\nРеференци\n----\n*Трпе Трпковски: ''Марсовскиот масакр''. Најдобри издавачи, Скопје, 2009\n1. Учебник по претприемништво и мал бизнис\n2.\n2 Како да се презентираат изворите\n2.1 Општo наведување извори\nАко некој извор покрива значителен дел од материјалот во една статија, понекогаш можеби е прифатливо да се додаде цитирањето на крајот. Служи како општа референца, неповрзана со некој поспецифичен дел од статијата. Ова е посоодветно за релативно неразвиени статии или за оние статии кои покриваат доста тесна тема.\nФотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата. За неа се потребни сончева светлина и хлорофил. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.\n&#61;= Референци ==\n*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005.\n*А. Иванова, З. Томовски: ''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001.\nВака ќе изгледа горниот код откако ќе ја зачувате страницата (забележете како се закосени насловите на книгите):\nФотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата. За неа се потребни сончева светлина и хлорофил. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.\nРеференци\n----\n*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005\n*А. Иванова, З. Томовски: ''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001\n2.2 Наведување извори паралелно со текстот од статијата\n2.2.1 Полни фусноти\nМногу статии на Викиизвор, особено поразвиените статии и оние кои ги задоволуваат критериумите за добра или избрана статија, ги цитираат нивните извори во фусноти. Цитирањето на извори парелелно со текстот од статијата преку во овој метод се појавува како мали кликабилни бројки во внатрешноста на текстот кои водат до набројана листа од полни цитати на крајот од статијата.\nЗа одредена референца да се појави во фуснота, треба да биде опкржена со „ref“ ознаки. Можете да ги додадете овие ознаки со внесување на <ref> на почетокот на референцата и со на крајот. Алтернативно можете да забележите дека во алатникот (на дното од страницата за уредување) има листа на код кој автоматски може да внесе, вклучувајќи ги ознаките <ref> - ако го селектирате цитирањето на изворот и ако стиснете на оваа ознака, таа автоматски ќе го затвори Вашиот цитат во ref ознаки. Изборно, можете да додадете име на референцата преку атрибутот name: <ref>''деталите за цитирањето''. По ова, можете истата фуснота да ја употребите повеќепати само преку додадавање на <ref/>.\nПолната референца ќе се јави во додатокот на статијата, во секција со наслов „Референци“ или „Наводи“. Ако овој додаток не постои, создадете го преку создавање на секцијата ==Референци== и поставете или <references/> или во таа секција. Ова автоматски ќе ја генерира листата на фусноти.\nПримеров долу покажува како ова би изгледало во кутијата за уредување:\nФотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.&lt;ref>С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005, стр.112&lt;/ref> За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.&lt;ref>А. Иванова, З. Томовски:''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001, стр.62&lt;/ref> Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.&lt;ref>С. Стојчевски: ''Ботаника'', . Просветно дело, Скопје, 2005, стр.57&lt;/ref>\n&#61;=Референци==\n<references/>\nОвде е прикажано како ќе изгледа текстот во статијата откако ќе ја зачувате страницата:\nФотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.<sup>[1]</sup> За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.<sup>[2]</sup> Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.<sup>[3]</sup>\nРеференци\n----\n^ С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005, стр.112\n^ А. Иванова, З. Томовски: ''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001, стр.62\n^ С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005, стр.57\n2.2.2 Скратени фусноти\nМногу статии користат скратена верзија за цитатот во фуснотата, давајќи го само авторот, годината (или насловот) и бројот на страниците. Како и порано, листата на фусноти автоматски се создава во секција со наслов „Фусноти“ или „Белешки“. Потоа во друга секција наречена „Референци“ се додаваат полните цитати. Краткиот цитат и полниот цитат можат да бидат поврзани така што читателот може да кликне на кратката фуснота и да му се обележи полниот цитат.\nСкратените фусноти се користат заради неколку причини: тие му дозволуваат на уредувачот да цитира повеќе различни страници од истиот извор без да го копира целиот полн цитат; се избегнува долгиот текст во кодот на статијата од полните цитати; ги доведуваат полните цитати во еден кохерентен блок од код (наместо да се раштркани низ целиот текст) што овозможува да бидат подредени по азбучен ред, а полесно е и поправањето на полните цитати одеднаш (на пример, додавање на ISBN број или друг детаљ); една фуснота може да содржи повеќе цитати, а со ова се избегнуваат долгите колони на фуснотни обележувачи.\nПодолу е прикажано како изгледа прозорецот за уредување при додавањето на „скратени фусноти“ во една статија:\nФотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.&lt;ref>Стојчевски 2005, стр.112.&lt;/ref>\nЗа неа се потребни сончева светлина и хлорофил.&lt;ref>Иванова, Томовски 2001, стр.62.&lt;/ref>\nФотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.&lt;ref>Стојчевски 2005, стр.57.&lt;/ref>\n&#61;= Фусноти ==\n&#61;= Референци ==\n*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005.\n*А. Иванова, З. Томовски:''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001.\nВака ќе изгледа статијата откако ќе се зачуваат промените:\nФотосинтезата е процес со кој се исхрануваат растенијата.<sup>[1]</sup> За неа се потребни сончева светлина и хлорофил.<sup>[2]</sup> Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението.<sup>[3]</sup>\nФусноти\n----\n^ Стојчевски 2005, стр.112.\n^ Иванова, Томовски 2001, стр.62\n^ Стојчевски 2005, стр.57.\nРеференци\n----\n*С. Стојчевски: ''Ботаника''. Просветно дело, Скопје, 2005\n*А. Иванова, З. Томовски: ''Физиологија на растенијата''. Топер, Скопје, 2001\nСкратените фусноти кои користат наслови наместо датуми на издавање можат да изгледат вака во статијата:\nФусноти\n----\n^ Стојчевски, ''Ботаника'', стр.112.\n^ Иванова, Томовски, ''Физиологија на растенијата'', стр.62\n^ Стојчевски, ''Ботаника'', стр.57.\n3 Како да се форматираат референците\nПостојат повеќе начини како може да се форматираат цитатите на изворите. Неколку примери за тоа на каков начин тоа може да се направи се дадени подолу.\n3.1 Книги, учебници, практикуми\nКниги, учебници и случни публикации може да се цитираат на следниов начин:\n* автор(и),\n*''назив на книгата'',\n* издание (ако не е прво),\n* издавач, седиште на издавачот,\n* година на издавање.\nПримери:\n* Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, Р. Угринова-Скаловска, ''Правопис на македонскиот литературен јазик'', 14-то издание, Просветно дело, Скопје, 1999.\n* T. Kohonen, ''Self-Organizing Maps'', 3rd Edition, Springer, Berlin, 2001.\nДоколку станува збор за книга која е уредувана од еден или повеќе уредници, а содржината нејзина е пишувана од повеќе автори, во тој случај цитирањето се врши на следниот начин:\n* Уредник/ици, ''Назив на книгата'', издание (ако не е прво), Wiley-VCH, Weinheim, 2003.\nПример:\n* Gasteiger J., Engel T. (eds.), ''Chemoinformatics'', Wiley-VCH, Weinheim, 2003.\nДоколку е познат ISBN (International Standard Book Number) бројот тогаш може да се додаде на крај на цитатот:\n* Gasteiger J., Engel T. (eds.), ''Chemoinformatics'', Wiley-VCH, Weinheim, 2003. ISBN 3-527-30681-1\nДоколку се повикувате на текст кој се наоѓа на дадена страница од книгата која ја цитирате, тогаш на крајот од цитатот се додава и бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате.\nПример:\n* M. Lampić, ''Mali rečnik tradicionalnih simbola'', Libretto, Beograd, 1999, 45.\nБројот 45 во претходниот пример претставува бројот на страницата на која се наоѓа текстот на кој се повикувате.\n''Напомена:'' Кога станува збор за цитирање на книги (учебници, прирачници, монографии и сл.) при цитирањето дозволено да се запишува и ''само името и презимето на првиот автор''. Сепак, многу подобар и поеднозначен начин на цитирање е доколку се наведат сите автори на делото.\n3.2 Цитирање на статии од списанија\n3.2.1 Цитирање на статија објавена во научно списание\n* имиња на авторите,\n* наслов на статијата,\n*''назив на списанието'' (со коси букви),\n* том, број (доколку списанието користи броеви), година, и бројот на почетната страница.\nПример:\n* R.W. Jamieson, R.G.V. Hancock, Neutron Activation Analysis of Colonial Ceramics from Southern Highlands Ecuador, ''Archaeometry'', 46 (2004) 596.\n''Напомена:'' Понекогаш насловот на статијата се изоставува.\n3.2.2 Цитати на статии преземени од дневни и неделни весници\n*име на авторот,\n*наслов на статијата\n*назив на весникот со коси букви,\n*датум на издавање,\n*страници (од - до),\n*и коментар на датумот кога е прочитана статијата на интернет (доколку до статијата е пристапено само преку интернет).\nПример:\n* К. Зографска, Социјални мобилни мрежи, ''Клуб 360'', ноември 2008, 12-13.\n3.3 Цитати од веродостојни интернет извори на информации\nЦитирањето на ваков тип на извори на информации вклучува наведување на:\n*имиња на авторите,\n*наслов на статијата,\n*назив на интернет страницата (поврзан со конкретната статија која се цитира),\n*датум на издавање,\n*страници од-до (доколку постојат),\n*датум кога информацијата последен пат е проверена на интернет.\nПример:\n* А. Петрова, Осветен Спомен-домот на Мајка Тереза, , 31 јануари 2009 (пристапено на 1 февруари 2009).", "subject": ["Викиизвор:Принципи и напатствија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%A6%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 2053, "cyrillic": 0.952}
{"id": "3505", "title": "Владимир Назор", "text": "Владимир Назор (Постире, 30 мај 1876 - Загреб, 19 јуни 1949), хрватски писател. Пишуваше епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари.\n1 Творештво\n*„Словенски легенди“,\n*„Вели Јоже“\n*„Дневникот со партизаните“.\n2 Забелешки", "subject": ["Владимир Назор"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80_%D0%9D%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%80", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3552", "title": "Браќа Миладиновци", "text": "Браќата Димитар (Струга, 1810 - Цариград, 23 Јануари 1862) и Константин (Струга, 1830 - Цариград, 18 Јануари 1862) Миладинови се основачи на националната преродба во Македонија од средината на деветнаесеттиот век.\n1 Творештво\nЗа творештвото видете ги следните статии:\n* Константин Миладинов\n* Димитар Миладинов\n2 Забелешки", "subject": ["Димитар Миладинов", "Константин Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3492", "title": "Бранко Варошлија", "text": "Бранко Варошлија (роден на 1 јануари 1934 во Вучитрн, СФР Југославија (денес Србија) - почина на 1 јануари 2004 во Скопје) беше македонски писател.\n1 Творештво\n* „Последниот лет на птицата селица“ (роман, 1968)\n* „Осамени минувачи“ (раскази)\n* „Џувалековски“ (монографија, 1975), коавторство со Гане Тодоровски\n* „На два брега“ (драма, 1953)\n* „Триптихон“ (драма,1965)\n* „Балада“ (драма, 1967)\n* „Едно друго царство (драма, 1970)\n* „Учителката“ (драма, 1986)\n* „На сечило“ (драма, 1989)\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE_%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3511", "title": "Ангел Динев", "text": "Анѓел Динев (Смоквица, Гевгелиско, 1 октомври 1891 - Скопје, 17 февруари 1952), македонски општественик, новинар, публицист и политички работник. Во Солун работел како фурнаџиски работник (1909-1911), кога се јавил како организатор на Привремениот Околиски комитет на ВМРО за селата од десната страна на Гевгелиска околија.\n1 Творештво\n* „Движењето“ (1924)\n* „Заборавените“ (1925)\n* „Кресненското востание“ (1926)\n* „Хуриетот и постхуриетските борби во Гевгелиско“ (1934)\n* „Македонските Словени“ (1944)\n* „Етнографската идеја на Македонските Словени“ (1944)\n* „Илинденската епопеја“ I-II, (1947-1949)\n* „Политичките убиства во Бугарија“ (1951)\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB_%D0%94%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%B2", "word_count": 83, "cyrillic": 0.97}
{"id": "3500", "title": "Франце Прешерен/ Во спомен на Валентин Водник", "text": "В Арапсконо пусто\n::се излегна пиле,\nво шевари густи\n::си живее милото.\nЅвезди му сестрици,\n::а месечко брат;\nлибе сал птиците\n::не му даваат.\nНе се грижат сите\n::ни за сите тој,\nстарее, се лути\n::в самотија своја.\nШто за билје знае,\n::за тревје и смил\nлековито да е\n::цвет ли кај се скрил -\nв пустина го бара\n::без умор и здив,\nсо смртта се кара\n::додека е жив.\nПа клада си ѕида\n::самотникот стар,\nвиде смрт му иде -\nи се фрли в жар.\nОд пламенот бавно\n::летна птиче в лет\nфеникс, име славно,\nзнајно во цел свет.\nИ поетот така\n::си живурка сам\nод гробната мрака\n::слава му е плам.", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%92%D0%BE_%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD_%D0%BD%D0%B0_%D0%92%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%92%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3547", "title": "Димитар Миладинов", "text": "Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, 23 јануари 1862) бил македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист, собирач на народни умотворби, основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството, пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја. Роден е во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција.\n1 Збирки\n* Зборник на Миладиновци\n2 Писма\n*Писмо до Робеви\n*Последно писмо до Робеви\n*Писмо до Димитар Робев\n*Писмо до Петар Иванович Севастијанов\n*Писмо до Петар Иванович Севастијанов", "subject": ["Димитар Миладинов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3489", "title": "Цане Андреевски", "text": "Цане Андреевски е поет, раскажувач и писател за деца. Роден е на 10 јули 1930 година во Кратово. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“.\n1 Творештво\n* Сончева порака (поезија за деца, 1951)\n* Јаготки (раскази за деца, 1955)\n* Добрина (поезија, 1956)\n* Што има ново (поезија за деца, 1959)\n* Свечености (поезија, 1964)\n* Сребрен поток (поезија, 1969)\n* Планета со петел (поезија за деца, 1976)\n* Македонска љубовна лирика (антологија, 1979)\n* Врски (поезија, 1982)\n* Нашите први учители (повест за деца, 1982)\n* Остануваме на Ножот (повест за деца, 1984)\n* Шинато уво (поезија за деца, 1989)\n* Дарби (приказни за деца, 1990)\n* Разговори со Конески (разговори, 1991)\n* Белата мечка, синиот кит и другите (поезија и проза за деца, 1998)\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%90%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 127, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3498", "title": "Франце Прешерен/ Морнар", "text": "Неверна, здрава да си!\nПо мене чунот стаса\n::патот ме води во круг.\nПо земја мирно оди,\nнадеж ми однесле води,\n::те грабна тебе друг.\nПред бога јас ти ветив\nќе дадам душа клета,\n::но ќе те љубам до крај.\nМи даде рака в рака\nза вечно да ме сакаш\n:пред бога в клетва, знај.\nМорскине друмје ширни\nме носат в места мирни\n::при моми цвет до цвет\nНи лика нивна лична\nни става на снегот слична,\n::не ме натераа в грев.\nИ еве кај едра бели\nод југот напнати цели\n::назад ме вратија пак.\nМомето мое се мени,\nја најдов туѓа жена\n::в срце ми јад и мрак.\nЕј, едра дајте горе,\nветени сме ти, море,\n::видикот толку е чист!\nВо него верба колку,\nморнарот знае толку\n::момите друг се лист.\nНи виор не го плаши,\nни гром од бран го страши,\n::смртта е шега сал.\nСпоменот по вода мине,\nно љубов болна те кине\nденизден в нова жал.\nПо море бродот вјаса\nневерна, здраво да си,\n::ти сакам сто среќи сам!\nПо земја мирно оди,\nнадеж ми носат води,\n::пловиме по неа, знам! -\nru:Моряк (Прешерн/Корш)\nsl:Mornar", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%9C%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%80", "word_count": 191, "cyrillic": 0.984}
{"id": "3496", "title": "Франце Прешерен/ Силата на споменот", "text": "Маж ти, со мрежи поставени вешто,\n::срцето твое го фати на крај.\nСепак, за мене те врзува нешто;\n::што е - и самите знаеме одвај.\nНачас во грешка ќе падне ти речта,\n::далеку штом ќе ме здогледаш в град;\nв миг сум ти недостиг, стара сум мечта,\n::сегде ме бараш, а в очи ти јад.\nЧесто пак в мисли ти морна ќе паднеш,\n::скраја од вревата, сама, без глас;\nспомен се буди за поет без надеж,\n::жеднуваш: врати се, изминат час!\nНапати, кога ќе запее песна\n::сопругот преполн со радост и моќ,\nмоите песни во тебе ќе блеснат,\n::полни со тага и полни со ноќ.\nПреполна строгост ти в мојот си спомен,\n::строг е за мене и денес твој суд.\nСепак, по лошо штом некој ме спомне,\n::веднап ќе сети во очи ти студ.\nМеѓу нас бедем е изграден вишен,\n::повисок тој е од највисок рид;\nнапразно: огнот на желбите скришен\n::може да вивне и преку тој ѕид.\nВ спомен нè имај, со жалост во душа,\n::збореа други, но не реков јас;\nнив не ги помниш, а мене пак, слушаш,\n::в ум ќе ме носиш до последен час.", "subject": ["Франце Прешерен"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD/_%D0%A1%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%82", "word_count": 187, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3517", "title": "Александар Кујунџиски", "text": "Александар Кујунџиски е македонски самостоеун уметник, писател и издавач, хуморист и сатиричар.\n1 Творештво\n1. Осилки (1978)\n2. За сѐ и сешто и за друго нешто (1978)\n3. Немирен ден (1979)\n4. Љубов... оф, оф! (1980)\n5. Капка по капка - океан (1980)\n6. Во ливадите на детството (1981)\n7. Мотошишарка (1982)\n8. Другарувања (1983)\n9. Солитерски сказни (1985)\n10. Тој е патот, друг нема (1986)\n11. Жарко Попарко (1986)\n12. Од една до сто и една (1988)\n13. Строго дов. (1990)\n14. Сцени без завеси (1991)\n15. Прободено слце (1991)\n16. Пијано виножито (1991)\n17. За во скришното џепче (1992)\n18. Ја сакаш ли природата? (1992)\n19. Гатанки - катанки - 1 (1993)\n20. Азбукарка (1993)\n21. Цветови - светови (1993)\n22. Сказна за Тумбија (1994)\n23. Трнливи стихови (1994)\n24. Џуџести џинови (1994)\n25. Нека патува добрината (1994)\n26. Збор како бор (1994)\n27. Предгорје (1994)\n28. Жарко Планинарко (1994)\n29. Кажи, па ќе ти кажам (1994)\n30. Одберете за вашите приредби (1994)\n31. Деветнаесет црвени каранфили (1994)\n32. Гатанки - катанки - 1 (II, надополнето издание, 1994)\n33. Театарче „Клопотарче“ (1994)\n34. И гатанки, и боенки (1994)\n35. Есен (1994)\n36. Зима (1994)\n37. Пролет (1994)\n38. Лето (1994)\n39. За најмалите - најубавите (1995)\n40. Чекор по чекор (1995)\n41. Повели, детенце! (1995)\n42. Зоштковци (1995)\n43. Ѕвончето ѕвони (1995)\n44. Кралот Ал Со Крпен Шал (1995)\n45. Лозинки (1995)\n46. Џунгла в соба (1995)\n47. Од септември до септември (1995)\n48. Денес - забаваче... (1995)\n49. ...Утре - прваче (1995)\n50. На тема, на тема... (1996)\n51. Денес празнуваме (1996)\n52. Смешна книга (1996)\n53. Вреќна Нова година (1996)\n54. Нема што нема (1996)\n55. Време за зреење и за пеење... (1996)\n56. ...Време за цветање и за летање (1996)\n57. За вас, деца! (1996)\n58. Од Сметонија до Бонбонија (1997)\n59. Гатанки - катанки - 2 (1997)\n60. Растеме, растеме... (1997)\n61. Добра ноќ, дену! (1997)\n62. Загатки и одгатки (1997)\n63. Ја сакам природата (1997)\n64. Триесет и три итрини (1997)\n65. Среќно забавачиња... (1997)\n66 ...Идни првачиња (1997)\n67. Кој ќе ми чита? (1997)\n68. Детство - волшепство (1997)\n69. Прваче (1997)\n70. Вреќна Нова година (II, изменето издание, 1997)\n71. Во царството на другарството (1998)\n72. 1001 гатанка (1998)\n73. Чудни чуденки (1999)\n74. Зборовно оро (1999)\n75. Чисти артисти (2000)\n76. Учам, учам, да научам... (2000)\n78. Природо, љубов моја! (2000)\n79. Гатанки (2002)\n80. Едночинки (2002)\n81. Надојдени реки (2002)\n82. Басни (2003)\n83. Боли глава - без демократија и детски права (2003)\n84. Мои бои (2004)\n85. Букви, укви, кви... (2004)\n86. Броеви - роеви (2004)\n87. Одлична единица (2005)\n88. Новогодишна честитка (2005)\n89. Сакам книга (2006)\n90. Нова планета (2006)\n91. Сцени и сценарија (2006)\n92. Распеани песни (2006)\n93. Еколошки сказни (2006)\n94. Разбој - разнобој (2006)\n95. Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и Снешко Белчо (2006)\n95. Весело летување (2007)\n96. Шах-мат торта (2007)\n97. Моите (не)напишани романи (2007)\n98. Спомен среде срце (2007)\n99. И од пиле млеко (2007)\n100. 100 (2008)\n101. Нека ечат песни (2008)\n2 Забелешки", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80_%D0%9A%D1%83%D1%98%D1%83%D0%BD%D1%9F%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 504, "cyrillic": 0.993}
{"id": "3514", "title": "Симон Дракул", "text": "Симон Дракул е македонски раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар, преведувач. Роден е во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година. Гимназија учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје.\n1 Творештво\n*''Планините и далечините'' (раскази, 1953)\n*''Витли во поројот'' (раскази, 1956)\n*''И ѕвездите паѓаат сами'' (роман, 1957)\n*''Белата долина'' (роман, 1962)\n*''Буни'' (триптих: повест, роман, драма, 1980)\n*''Распаќа'' (раскази, 1985)\n*''Архимандрит Анатолиј Зографски'' (монографија, 1988)\n*''Или смрт'', тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989), Жедна месечина (роман, 1997), Апостол војводата (монодрама, 1998)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD_%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%BB", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3017", "title": "Рајко Жинзифов/ Крвава кошула", "text": ":I.\n:В б'лгарска ми клета земља\n:има мало градче,\n:то е легнало в пољана,\n:име нему Прилеп.\n:Прилеп - то е име славно,\n:тамо е живејал\n:некога си крал ни Марко,\n:в него е царувал.\n:Е царувал, е војувал\n:с Власи, Каравласи,\n:б'лгарска е бранил земља,\n:роду си помагал.\n:Дор е бил жив крал ни Марко,\n:земља била мирна,\n:не глобеха неја Турци,\n:не газеха неја.\n:Не рачил е мрсниј Турчин\n:кашти ни да газит,\n:он не можеше да љубите\n:6'лгарски девојки,\n:не е мог'л да ги турчит,\n:в свој харем да држит,\n:да не могат да излезат\n:испод тежок затвор,\n:да не видат свет ми божиј,\n:ни па се'лнце јасно...\n:И одавна то е било\n:у нас, в Б'лгарија,\n:в одавнешно, старо време,\n:старо али славно.\n:Но зашто ја ви наумвам,\n:клетички девојки,\n:наше славно време, старо,\n:наша прежна доба?\n:Што помина не сја врштат\n:назад, о девојки,\n:нема краља, нема бана,\n:гиздави, го нема!\n:Али враг да земит, моми,\n:ум, перо ми клето,\n:че то искат да приказват\n:с вас за таги, маки.\n:И е било време, моми,\n:и е било доба,\n:бил е тој век златен, харен,\n:да би не е било!\n:Што е било? - пита штете,\n:гиздави девојки,\n:мене, лада сиромаха,\n:скитника без рода.\n:Што е било? - пита штете,\n:Б'лгарки ви клети!\n:Неле'е било, како в наше\n:време, наша доба?\n:Не така ли, како при нас,\n:плакали са мајки?\n:Не така ли, како при нас,\n:Турчин влегвал в кашти?\n:Па ударал нож си остриј\n:в земља иле' на даски,\n:па извиквал с глас си страшен:\n:\"Брго ти, ѓаурко,\n:наточи ми вино ројно\n:и љутица врела,\n:чаши стродрамници,\n:ја да пијам, да се'опијам,\n:с тебе ја да легнам,\n:да прегрнам рамна става,\n:очи да целувам,\n:не две ношти, не три ношти,\n:твои црни вежди...\"\n:* * *\n:Клета ви садбина, моми,\n:клета ви година,\n:што вас мајка е родила\n:в такво лошо време!\n:О, да би е народила\n:наместо вас камен,\n:не ште ронех аска с'лзи,\n:како сега, врели!\n:Не ште пишеше перо ми\n:с крваво мастило,\n:немаше да ви опишам\n:наше тешко време!\n:Што е било? - питате пак,\n:Б'лгарки, другарки,\n:как е било в прежна доба,\n:в то ми златно време?\n:Што е било? - как е било,\n:нек сега забравим,\n:или ја вам сја обреква,\n:милички ми сестри,\n:в другиј пат вам зарад него\n:ја да ви раскажа.\n:Али сега, мили моми,\n:нека ви прикажа\n:прикаски од наше време...\n:Слушајте, девојки!\n:* * *\n:Не е било то одавна\n:у нас, в Б'лгарија,\n:било е в година, моми,\n:петдесет и седма,\n:кат притурим ошт'г хиљада\n:и ос'м стотини.\n:Беше вечер, јасен вечер\n:у Прилепа града,\n:по безоблачно ми небо\n:месечина плава,\n:окол неја там безбројни,\n:ситни ѕвезди сјајат,\n:а и ветер тихиј, хладниј\n:лист на дрвја нишат.\n:Во црковната градина\n:весели са китки;\n:през црковниј двор широки\n:гиздави девојки\n:врвјат с стомни, с вода п' лни,\n:исто тресопатки.\n:А момчета, Б'лгарчета,\n:в двор'т седјат накуп,\n:с жедно срце, с жедни очи\n:мигајат, погледват.\n:Нихна младост, пуста младост\n:своето си искат.\n:Как што мрена риба барат\n:место по д'лбоко,\n:как што славеј, малка птица,\n:седело си виет\n:сред расцветени ми ружи\n:в поле ил' градина,\n:как што мајка силно љубит\n:првата си рожба,\n:так и младо љубит млада,\n:искат мома јунак,\n:младо момче-хубавелче,\n:гиздаво си либе.\n:И ја некога си, моми,\n:жеден бех и страден\n:по моминско лице, хубост\n:и по чрни очи;\n:с'м сја крадел из дома си\n:и с'м бегал ноштем,\n:като елен млад, запален,\n:плет ја с'м прескоквал.\n:И сја криех во градина,\n:зад макови китки,\n:ил' под ружи г'столисти\n:тулех сја как зајац.\n:Па дочаквах свое либе\n:тамо во градина,\n:кога оно утром рано,\n:во зора гл'бока,\n:зело лејка в бела рака,\n:цветја си поливат,\n:а ја одвај, одвај дишам,\n:да не ме догледат...\n:Ала зашто си наумвам\n:прежни си години?\n:Нека, моми, ви докажа\n:својот тажен приказ.\n:II.\n:Во црковната градина,\n:во двор'т широкиј,\n:седнала е стара баба\n:пред црковни врати.\n:Никој неја не ја питат\n: тамо зашто седит,\n:кого барат, кого чекат,\n:од каде дошла е\n:и што она в црква искат:\n:дал' дете ште крстит,\n:или сина си ште венчат\n:с млада хубавица?\n:Ил'е дошла за молитва\n:за болнава штерка?\n: Ил' задужбина ште правит\n:по грехове тешки?\n:Никој не си питат баба,\n:гиздави девојки,\n:што лице и сињо-ж'лто,\n:што сја е згрбила?\n:Што останали са в снага\n:само кожа с кости?\n:Зашто нејни стари очи\n:врели с'лзи лијат?\n:Зашто охкат, зашто стенкат,\n:прстите си кршит?...\n:Никој не ја питат, моми,\n:не ште и да знаит,\n:никој не си питат баба,\n:мислит, че е луда.\n:Нарамена стара баба\n:с од козина торба.\n:А што она в неја носит,\n:што има во неја?\n:Чекајте ви, моми, сестри,\n:потрпете малко,\n:сè што видим, ште узнаем,\n:баба ште ни кажит.\n:* * *\n:Седнах, моми, окол' баба\n:пред црковни врати,\n:па сја пуљам и сја чудам\n:зашт' е жаловита\n:и што барат в таква доба\n:т'мна и вечерна,\n:кога људи сја собират\n:дома си сос чељад;\n:кога људи си оставјат\n:дневни си печалби\n:и сбирајат окол' себе\n:дребни, мили рожби,\n:па с них они сја печаљат\n:да сја развесељат,\n:да забравјат дни си чрни,\n:маки, таги, глоби...\n:Шт' она барат в такво доба,\n:кога сегде тихо,\n:глухо сегде, т'мно сегде,\n:сичко ношт покрила,\n:и планини и долини,\n:шуми и пољани,\n:и широките градини,\n:сичкиј бел свет божиј,\n:кога сичко сја починват\n:од печалби дневни,\n:как зверове, так и птици\n:питоми и диви.\n:Што накарало е баба\n:дом да си оставит?\n:Да сја скитат като луда,\n:исто кукавица?\n:Нек ја питам, нек узнајам\n:зло какво ја нашло.\n:Чума ли село избила,\n:глад ли е морило?\n:Кашта л' вода е отнесла,\n:та имот потопи?\n:Или клетиј, гладен Турчин\n:срце ѝ изгори?...\n:* * *\n:- Бабо! Слушаш? Опули сја,\n:нек си поприкажем,\n: за твој, бабо, живот, помин,\n:за младо ти време,\n:Откаде си, кажи, бабо,\n:и од кое село? Зло какво е тебе нашло,\n:зла каква година?\n:Што накарало е тебе в град'т ни да дојдеш?\n:Што си дошла ти самичка\n:без сина, без штерка\n:или немаш ти роднина,\n:иста кукавица?\n:Само стап си взела, торба\n:и повече ништо.\n:И што носиш в таја торба,\n:што има во неја?\n:Дали суха од хлеб корка\n:и лејка за вода?...\n:Каква тага, каква мака\n:тебе е згрбила?\n:Зашто охкаш, зашто стенкаш,\n:с'лзи зашто рониш?\n:Тежок ли грех си сторила,\n:ти си дошла овде\n:да отмолиш грех си в црква,\n:бога ти да смилиш?\n:Или болна имаш дома,\n:дошла си по вода,\n:вода светена, црковна,\n:болен да напоиш?...\n:Не бој ми сја, мила бабо,\n:не с'м з'л човек ја.\n:Раскажи ми твој’т помин,\n:јадове и глоби,\n:милвам ја да слушам, бабо\n:прикаски од баби...-\n:Крена глава стара баба,\n:крена, сја опули,\n:а из очи с'лзи капат,\n:ронат сја как бисер.\n:Ето една врела с'лза\n:падна долу в земља,\n:чрна земља неја испи\n:и дочека втора.\n:Г’лтат баба врели с'лзи\n:и земља них г'лтат;\n:ено ред од жешки с'лзи\n:накитил е клепки,\n:колку клепки - толку с'лзи,\n:редом, редом стојат;\n:гинит ред един од с'лзи\n:вториј сја показват,\n:гинит вториј, а ред другиј\n:хвана себе место...\n:Лиет баба жешки с'лзи\n:како д'жд да врнит.\n:Натопила шарен ракав,\n:бришит ги со левиј,\n:натопила ракав левиј,\n:бришит ги со поли,\n:а на нејзин појас висит\n:селска д'лга крпа:\n:тја натопена ѝ беше,\n:и тја беше мокра.\n:Гиздави девојки градски,\n:веч вас стигна, чукна\n:европејска поразија\n:френски луди моди.\n:И ви, гиздави момчета,\n:Б'лгарчета градски,\n:г'лтате ви думи,\n:исто папагали,\n:а не гледате как баба\n:врели с'зли лиет.\n:Денем, ноштем плачит, стенкат,\n:никако не спиет.\n:Ако вам ви паднит тешко\n:од те мои думи,\n:не са, братја, те од злоба,\n:а од братско срце.\n:Не срдете сја на мене,\n:мене сиромаха.\n:Не срдете сја на мене\n:скитника без рода.\n:Не с'м крив аз, ако слушам\n:овде чуждина,\n:че ви тамо в Б'лгарија,\n:в баштина ми мила,\n:полудели сте по френски\n:думи и по моди.\n:Наша клета баба-мајка\n:не ште френски думи,\n:ште тја, братја, лек и билка\n:да исцери рани.\n:Но нек ви досвршим, братја,\n:приказ си за баба.\n:* * *\n:Крена глава стара баба,\n:крена, сја опули,\n:а из очи с'лзи капат,\n:роњат сја как бисер.\n:Искат баба да говорит,\n:јадната не можит,\n:бркат нејзе честа х'лцка,\n:с'лзи и горешти.\n:- Јадна бабо, писана ти бабо,\n:гледам твоја тага,\n:гледам, бабо, тешко ти е,\n:на душа и срце.\n:Доста, бабо, плака, стенка,\n:избриши си с'лзи,\n:раскажи ми твој'т помин,\n:јадове и глоби.\n:Негли ја ште да помогнам\n:на твојата мака,\n:негли ште ти кажем како\n:тага да одбиеш.\n:Раскажи ми сè што знаеш,\n:сè, што мина през глава ти\n:во живот ти целиј.\n:Турчин изгорел ти срце\n:или чорбаџија?\n:Или чума изморила\n:синове ти, дштерки?\n:Или оган изгорил е\n:кашта ти и стока?\n:Лошо какво стигнало те\n:или клетва тешка?\n:Не бој ми сја, мила бабо,\n:не с'м з'л човек ја.\n:И кажи ми што ти носиш\n:в од козина торба?\n:Дали суха од хлеб кора\n:и лејка за вода?\n:* * *\n:Стара баба с дрехла рака\n:крена бела крпа\n:и избриши свој си образ,\n:очи, клепки, с'лзи.\n:И изд'хна глухо, тешко,\n:скрсти обе раце,\n:па с глас слабиј, жаловитиј\n:начна да приказва.\n:Чујте сега, о девојки,\n:Б'лгарчета млади,\n:бабин приказ, нејни думи\n:и душевни таги.\n:III.\n:- Слушај, синко, слушај, милиј,\n:бабини ти речи,\n:запомни ги харно, тврдо,\n:раскажи ги тејку.\n:Мож' богат да е твој тејко\n:ил' е чорбаџија,\n:та ште можит да помогнит\n:на стара ти баба.\n:Ако ли не, кат пораснеш,\n:ког' јунак ти станеш,\n:срце ти кога затупа,\n:в жили крв заврие,\n:негли, синко, ште отплатиш\n:на мој клетиј крвник...\n:Много време и години\n:тешки, чрни, клети,\n:п'лни с маки, п'лни с глоби\n:минаха през глава,\n:докат ја таква си станах,\n:како што ме гледаш.\n:Многу видех, многу знајам\n:и теглих ја многу\n:откак себе помнам, синко,\n:и до ден денеска\n:не с'м видела ден јасен,\n:весела година...\n:Али сè да ти раскаже\n:баба не умеет,\n:та и с'лзи, синко, с'лзи\n:срцето ми кинат,\n:те мене не дават, синко,\n:сичко да припомнам,\n:те јазик ми ен заврзват,\n:та и време нема... -\n:Стара баба тук разгрна\n:од козина торба,\n:та изм'кна стара баба...\n:Слушајте, девојки!\n:Та изм'кна из торба си -\n:страх ме е да кажем.\n:Нек ви кажам! - Тја изм'кна\n:крвава кошуља, моми,\n:синовна кошуља!\n:Бе исшарена кошуља\n:од грло до поли,\n:бе исшарена кошуља\n:сос крвави капки!\n:Капки крвави, о моми,\n:г'сти, та големи,\n:срце ми од них застина,\n:очи, уста - неми!\n:Тешка ти година, бабо,\n:немаш вече сина!\n:Крвава кошуља, моми\n:гиздави, сја к'лнем,\n:сам ја видох с свои очи,\n:ја сам ја опипах!\n:Гледам ја кошуља, гледам,\n:а баба ни плачет,\n:с'лзи лиет, сг'лзи ронит,\n:охкат, стенкат, редит:\n:- Сине, ти един у мама,\n:сине, чедо Божин!\n:Мило, писано ти чедо,\n:нема тебе, нема!\n:Олово, железо, сине,\n:теб живот ти скина,\n:Турчин махна, Турчин удри,\n:тебе располови.\n:Падна, сине, ти на трава\n:в то широко поле,\n:душа даде, душа нема,\n:без да кажеш слово\n:ни за мајка, ни за либе;\n:крвта ти истече\n:как на рудо, сине, јагне,\n:младо и безгрешно!\n:Беше ошел ти на пазар\n:во Прилепа града\n:да продадеш осмак жито,\n:жито и пченица...\n:Чеках ден ја, чеках два дни\n:три дни и три ношти,\n:ти не идеш, сè те нема\n:и совсем не дојде...\n:Затова л'ја ти сја радвах,\n:тебе ја одгледах?\n:Те одгледах и те вардех\n:како прва рожба?!\n:Затова л'ја тебе готвих\n:хубаво девојче?\n:Ти го виде, го замилва,\n:шеташе ти с него!...\n:Боже вишниј, боже милиј,\n:зло какво ме најде!\n:Грех каков ја сторих, боже,\n:ил' бе тешка клетва?\n:Што ја клета не дочеках\n:венци да целувам,\n:себ' одмена да донесам,\n:сину прва љуба...\n:А сега ја си останах\n:пуста кукавица,\n:денем, ноштем, ја кукувам,\n:като луда ходам.\n:Ето така, момче младо,\n:бог да ми те чуват!\n:Имах сина, имах чедо,\n:а сега го немам.\n:Ја го гледах, ја го вардех\n:како свои очи\n:и сос него ја забравах\n:тешки си години.\n:Ошт' од малечки години\n:учех сина, карах\n:он од Турчина да бегат,\n:да не му отврштат.\n:Љуто слово да не казват,\n:да не го разљутит.\n:Дека Турчин ште сретит,\n:нему пат да правит\n:и да м'лчит, кога Турчин\n:него псуват, хулит.\n:Секога да казват нему:\n:в \"Ага, беј, ефенди,\n:многу ти дни и години!\"\n:И ак' нему Турчин кажит:\n:\"Ѓаур, ќор оласан\",\n:него он да да не докачват\n:с јаловита дума.\n:Ако л' в кашти дојдит Турчин\n:него да дочакват\n:с мед и млеко, с слатки думи\n:и него да служит\n:со што искат, с какво искат\n:и с вино чрвено.\n:Пржено ли пиле, јајца,\n:младо л' тл'сто јагне,\n:млеко л' кисело, ил' пресно,\n:баница ил' мазник,\n:или пресен леб домашен,\n:в подница испечен,\n:пресно л' сирене, ил' масло\n:кравско или овчско,\n:сè, што сакат ага-Турчин,\n:сичко да му дават.\n:Ето така карах, учех\n:Божина си сина\n:од години оште малки,\n:оште од пелени.\n:Али зла и тешка била\n:та година, младо!...\n:Беха дошле Турци клети,\n:врли Арнаути,\n:не двамина, не тримина,\n:цели десетмина.\n:Наредиха ми сја в кашти,\n:седнаха си редом.\n:Јадат, пијат, песни пејат\n:турски, арнаутски,\n:наша вера хуљат, псуват,\n:кршјат стол и чаши.\n:Ножове удриха в земја,\n:пушки на колена;\n:грло кинат, гласи креват:\n:\"Брго ти, ѓаурин,\n:сестри л' имаш, или тетки,\n:донеси ги овде,\n:те нас редом да ни служат,\n:да стојат на нозе;\n:чаши ртедом да подават,\n:чаши с вино п'лни.\"\n:Чух ја, младо, тези думи,\n:сину си ја рекох:\n:- Бегај, сине, зло те најде!\n:Бегај, криј сја в слама,\n:сине, трпи там под копа,\n:да ги уталожам...-\n:Ојде син ми, он побегна,\n:а па ја ним казвам:\n:- Аги мили, аги златни,\n:жи' ви турска вера,\n:жи' ви вера, жи' ви бога,\n:жи' ви Мохамеда,\n:жи' ви турска книга, аги,\n:сина не губете!\n:Нема сестри, нема тетки,\n:никого он нема:\n:е едничек, е самичек,\n:сираче без татка... -\n:Оште речта не дорекох,\n:викнаха тук Турци:\n:- Не, ѓаурко, псешка штерко!\n:Сина ште заколим! -\n:Тргнаха тук ножове зли,\n:блесна им железо,\n:ја от страх паднах ничком\n:и сја обезсвестих...\n:Много л' лежех, малко л' лежех\n:без свест и без памјат...\n:али кога дојдох в себе\n:и погледнах в кашта,\n:видох, синко, што сум сама,\n:нема Турци клети.\n:Одвај станах, ојдох в плевња,\n:Божина си најдох...\n:Мина сја ден, вториј, третиј,\n:мина сја недеља;\n:ништо нема, сè е мирно\n:в село, п' околија.\n:Минало е злото, казвах,\n:помолих сја богу.\n:Боже милиј, казвах, боже,\n:пречиста ти мајко!\n:Не дај, боже, не дај, мајко,\n:син ми да погинит.\n:Кој ште, боже, мене стара\n:в хладен гроб отпусне?\n:Кој ште, боже, при смртта ми\n:очи да заклопат?\n:Ти, пречиста божа мајко,\n:смили сја над мене,\n:не дај злото да ме најдит,\n:сина доварди ми.\n:Мина злото, ја си казвах,\n:син ми жив остана,\n:го прегрнах, го целувах\n:во чело, во очи.\n:Па го карах и го учех\n:себе си да чуват,\n:да не казват љута дума\n:Турчину си нигде...\n:Врвех си дни, недели,\n:нигде нема ништо,\n:сегде тихо, сегде мирно,\n:радост и веселба!\n:Радваше сја клето срце,\n:кога гледах сина, че излегол,\n:че отиде да пречекат\n:Грозда у широките пољани,\n:пред сл'нчевен изгрев,\n:Грозда, хубава девојка,\n:Грозда чрноока, белолика хубавица,\n:румена калинка.\n:Идит Грозда,\n:прусат Грозда низ гастите треви,\n:носит Грозда на глава си баница\n:ил' мазник на овчари,\n:кои пасат калешо и стадо.\n:Недалеко там в пољана\n:срешташе ја Божин;\n:пулеха сја оба в очи, оба червенеха.\n:\"Помози бог, лепа Гроздо,\n: добро утро, Гроздо!\"\n:А та нему: \"Жив да ми си!\n:Дал ти господ добро!\"\n:\"Дека ходиш, лепа Гроздо?\"\n:\"Гледаш, ручек носам,\n:кога ште е наша сватба?\"\n:\"Скоро, Гроздо, скоро, лепа,\n:скоро крај Митровден.\"\n:А та нему: \"Слушај, Божин,\n:ако не ме земеш,\n:сама ште ти дојдам, Божин,\n:бегалка ште станам,\n:татка, мајка ште оставам,\n:љуба да ти бидам.\"\n:Пулеха сја оба в очи,\n:оба червенеха,\n:па тргнуваха си оба -\n:Божин преко поле,\n:Грозда преко гасти ниви,\n:секој в своја кашта.\n:А мајчино клето срце\n:радва ли се радва,\n:че голем јунак е станал\n:син ѝ за женење...\n:Не на многу време радост\n:е била за мене, стига веч година чрна,\n:злото веч ме најде.\n:Беше дошло клето време\n:данок да сја дават.\n:Натовари кола с жито,\n:спрегна си волове,\n:па си тргна в град на пазар\n:жито да продава.\n:Ако да бех знала, чедо,\n:че зло ште го најдит,\n:него немаше да пуштам,\n:в тој ден клетиј, черниј.\n:Да бех знала... да бех знала,\n:можех ли да знајам?...\n:Оште пат си не изврви\n:он до половина,\n:беха му пресекли патјат\n:Турци-Арнаути.\n:Обколиха него, чедо,\n:Турци крвопијци,\n:а он падна на колена,\n:милно им сја молит\n:да не земат млада глава,\n:че един у мајка.\n:Ал' не слушајат му молби\n:Турци крвопијци,\n:пушка пламна, пушка пукна\n:в турски раце клети,\n:зрно оловно продупна\n:белите му гради.\n:Друг изм'кна јатаган'т,\n:глава располови,\n:тил и теме, и чело му\n:на две половини.\n:Па му пливна крв червена\n:низ зелена трава,\n:спростре сја на чрна земја\n:снага му бездушна.\n:Летна му душа из снага,\n:низ уста му неми,\n:летна, без да кажит слово\n:(немаше и кому)\n:ни за себе, ни за мајка,\n:ни за прво либе...\n:Мина сја ден и ношт мина,\n:ништо ја не знајах,\n:на други ден утром рано\n:сина донесоха.\n:Донесоха мртва снага,\n:а душа му нема!\n:Окрвавени му дрехи\n:и кошуља чрна...\n:Видох снага, видох глава\n:на две половини,\n:и продупнати му видох\n:мртви, млади гради.\n:Видох, паднах ја на него,\n:замрех ја над него;\n:го прегрнах и примрела\n:лежех ја над него\n:полужива, полумртва\n:цел ден и ношт цела...\n:Клети с'лзи, врели с'лзи\n:совсем не помагат,\n:не помогнаха му с'лзи,\n:не воскрснаха го.\n:Станах, младо, като луда,\n:измих мртва снага,\n:измих снага, измих рана,\n:сина си промених\n:и заврзах на глава му\n:двете половини,\n:них обвих ја с бела крпа,\n:бела, копринена.\n:Облекох го в бела риза,\n:нови, чисти дрехи,\n:па го спрострех посред кашти.\n:Седнах да го тажам;\n:тажам, плачам, косми корнам,\n:прстите си кршам;\n:бијам себе и по глава,\n:и по слаби гради.\n:Држех него у дома си\n:три дни и три ношти,\n:дор у него мртва снага,\n:хвана да смрдеит.\n:Многу време стенках, плаках,\n:пролих жешки с'лзи,\n:не штех да ја пуштам\n:в гроб'т т'мен, студен.\n:Али нему ја не можех\n:душа да му дадам,\n:станах, каних два-три попа,\n:збраха сја роднини,\n:дојдоха и познајници,\n:врстници-момчета,\n:кренаха го на носила,\n:носат го на рамо;\n:и на гробиштата тамо\n:поп молитва пеја,\n:па го од носила зеха,\n:пуштиха го в гробот...\n:Ето така момче младо,\n:бог да ми те чуват,\n:имах чедо, имах сина,\n:а сега гонемам.\n:Само ми остана, младо,\n:крвава кошуља,\n:над која ја тажам, плачам,\n:врели с'лзи лијам.\n:Вардам синовна кошуља,\n:крвава кошуља,\n:и сос неја ја ште легнам\n:в гроб студен и т'мен...\n:IV.\n:Јадна, клета бабо-мајко,\n:тешка ти садбина!\n:Тешка ти година, бабо,\n:немаш вече сина!\n:Твои думи, јадна бабо,\n:тврдо ја запомних,\n:помнам тија жешки с'лзи,\n:јадри като бисер.", "subject": ["Рајко Жинзифов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%9A%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D1%88%D1%83%D0%BB%D0%B0", "word_count": 3216, "cyrillic": 0.999}
{"id": "3612", "title": "Слеј се со тишината/ Убавината", "text": ":Me прогони како жена блудна,\n:ненаситна, похотна, осамена.\n:Me грабнува вo прегратка пламена\n:неизбежно и сo cилa судна.\n:И ме фрла co дланката лесна\n:в чудна игра, в чудно компонирање,\n:изгаснувам во грч и умирање\n:и се враќам в живот како песна.\n:Па со поглед што блика и зрачи,\n:потонувам до дно вo модрината,\n:и кликнувам пак на убавината:\n:Прострелај ме со своите лачи!\n:Прострелај ме, па се' нека стивне\n:без расудок, без празно умување,\n:и блесокот на тоа лудување,\n:само твојот блесок нека вивне.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%A3%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 91, "cyrillic": 0.967}
{"id": "3621", "title": "Слеј се со тишината/ Кога ти е најтешко", "text": ":Кага ти е најтешко, кага ти се чини\n:дека гласот ти е крик, a погледот - молење,\n:загледај се, нурни се во водите сини,\n:ај, во таа свежина, во тоа шумолење.\n:Ќе сетиш o длабдк здив\n:сила и смирување.\n:Погледот ќе блесне жив,\n:жив од подмладување.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%82%D0%B8_%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE", "word_count": 51, "cyrillic": 0.96}
{"id": "3619", "title": "Слеј се со тишината/ Промената", "text": ":Она личи на измама тешка.\n:Безобзирно, дрско во крвта заронува.\n:Денес што е за подбив и смешка\n:Co утрешна смисла в миг го озаконува.\n:Игро мудра, само таква биди,\n:разгрни се сета богато надарена,\n:и секогаш во животот иди\n:од несекидневноста чиста и озарена.\n:Се што гасне се в зеница сјае.\n:Преминот е тихо, светло насмевнување.\n:Дај природо, мојот живот да е\n:далеку од секо штуро примирување.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 73, "cyrillic": 0.986}
{"id": "3620", "title": "Слеј се со тишината/ Ах таа убавина", "text": ":Ax таа убавина, ax таа убавина,\n:тоа диво во крвта завивање.\n:Кине, граба, сече, носи како лавина,\n:вечна е притаеност и вечно откривање.\n:Не, не треба починка, не треба смирување,\n:сето поле пукнало од здравина,\n:па крвта е моја светло разденување\n:од таа разгаленост, од таа убавина.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%90%D1%85_%D1%82%D0%B0%D0%B0_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 0.962}
{"id": "3623", "title": "Слеј се со тишината/ Го барам својот глас", "text": ":Го барам својот глас во молкот див на морето,\n:оно се скаменува.\n:Во жолтата пустина на есента го барам,\n:она зазеленува.\n:Моите раце не се мои раце\n:(моите раце сo прсти но месечина).\n:Моите очи не се мои очи\n:(моите очи, очи за далечина).\n:Мојот збор е тврда вилица на времето\n:што р'ти пo нивјето сo заби на семето.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%93%D0%BE_%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC_%D1%81%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3626", "title": "Слеј се со тишината/ Јас и мојот пријател", "text": ":Рaсневме заедно, заедо крaдевме вишни\n:и иста судба секогаш имавме ние.\n:Ги знае добро моите желби скришни\n:и знам што сака од сите вас да скрие.\n:Денес ме виде во паркот како седам,\n:и кога пријде увилен, блед и стресен\n:јас сетив дека непознат човек гледам\n:како што гледа во мене таа есен.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%88%D0%B0%D1%81_%D0%B8_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3628", "title": "Слеј се со тишината/ Пријателство", "text": ":Oн ми ja донесе својата\n:песна со yсни да ја земам.\n:И ништо ceгa освен неа,\n:ништо немам.\n:Кому да ја подарам таа среќа мала,\n:тој кикот црвен, тој усмев палав?\n:Пријателе мој, зар те губам\n:зашто те љубам, зашто те љубам?\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE", "word_count": 48, "cyrillic": 0.979}
{"id": "3611", "title": "Слеј се со тишината", "text": "Слеј се со тишината е збирка поезија од Ацо Шопов, објавена во 1955 година.\n1 Содржина\n1.1 Убавината\n* Убавината\n* Во тишина\n* Промената\n* Ах таа убавина\n* Кога ти е најтешко\n* Младост\n* Го барам својот глас\n* Кон галебот што кружи над мојата глава\n* Notre Dame\n1.2 Песни за пријателот\n* Јас и мојот пријател\n* Ти не си секогаш таков\n* Пријателство\n* Кон пријателот\n* Имам пријатели\n* Разделба\n1.3 Минијатури\n* Ноќта\n* Лист\n* Штрк\n* Облак\n* Верглата\n* Залажување\n* На езеро\n* Лов на езеро\n* Излези\n* Обична улица\n* Утре\n2 Поврзано\n* Ацо Шопов на Викиизвор\n* Ацо Шопов на Википедија\n* на Ризницата", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 94, "cyrillic": 0.976}
{"id": "3633", "title": "Слеј се со тишината/ Лист", "text": ":Се откина од гранката сам, полека и несетено\n:и остана во воздухот да лебдее така.\n:Мислејќи дека е жолта пеперуга, детено\n:пружи по него рака.\n:И не се измени ни со прелив мал\n:на есента божилото.\n:Само гранката задржа скриена жал,\n:жал за зеленилото.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9B%D0%B8%D1%81%D1%82", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3627", "title": "Слеј се со тишината/ Ти не си секогаш таков", "text": ":Пријателе, знам, ти не си секоташ таков,\n:и не се такви сите твои есени.\n:Тажно е да зборуваш осамен во мракот\n:за своите радости однесени.\n:Тажно е да копнееш за една средба само\n:кога ти е животот бескрајно патување,\n:галеби да носиш на своето рамо\n:a да не гo чуеш нивното милување.\n:Тажно е во ноќта да бидеш сам сo птиците,\n:да чекаш сo нив сам в некоја пуста станица,\n:и додека некој се лула низ улиците\n:да мислиш дека ти си, ти си тoj пијаница.\n:Пријателе, знам, не е секогаш така\n:и не се такви сите твои есени.\n:Понекогаш ја топлат твојата рака\n:стиховите од ветерот донесени.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%A2%D0%B8_%D0%BD%D0%B5_%D1%81%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%88_%D1%82%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2", "word_count": 114, "cyrillic": 0.991}
{"id": "3634", "title": "Слеј се со тишината/ Штрк", "text": ":Падна на ридот, еден штрк\n:сонува брегови зелени.\n:My ce привидува дека e пак\n:со јатата иселени.\n:Во летот долг се срушил oн\n:и никој не го закрилува.\n:Ѕемне ... и мисли дека е сон\n:првата снегулка што го милува.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%A8%D1%82%D1%80%D0%BA", "word_count": 45, "cyrillic": 0.932}
{"id": "3635", "title": "Слеј се со тишината/ Облак", "text": ":Патник што нема ни пат ни цел\n:и со ветровите спие.\n:Од жед мy напукнал образот бел,\n:оган во очите крие.\n:Туѓ на секаков земен лик,\n:туѓ и на страстите свои.\n:Сам, како некој нестварен лик\n:меѓу луѓето и сонцето стои.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9E%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%BA", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3631", "title": "Слеј се со тишината/ Разделба", "text": ":Не, и ако отидеш кога узреат маслините\n:и од глувото пристаниште првиот кораб\n:::::::::крене,\n:ако сетиш некогаш во бурјанот на годините\n:како се исчезнува и полека вене, -\n:Не, тоа не ќe биде обично разделување\n:и една младост попусто измината,\n:разделбата ќе прилега на цврсто\n:прегрнување\n:на некој превој непознат далеку во иднината.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3630", "title": "Слеј се со тишината/ Имам пријатели", "text": ":Имам пријатели што идат кога сум caм\n:и глуво легло на неизвесноста вијам.\n:Каде да отидам, каде да залутам, знам –\n:никаде од нив себе си не ќe ce скријам.\n:Они се божилак, они се прснати капки\n:од врв на земјата па за облаците врзани.\n:He ќe ги заглушат во мене нивните стапки\n:ветровите кон заборав забрзани.\n:Ho само еден сo стапки кришум сторени\n:ко крадец некој гo граба моето бреме,\n:и ги разголува, ги корне моите корени,\n:па јас се чувствувам дека сум живот и време.\n:Имам пријатели, но само еден така\n:и радост носи и светла човечка мака.\n:Зар да сум натажен, зар очај да ме фати\n:што негде замина и може не ќе се врати?\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%98%D0%BC%D0%B0%D0%BC_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8", "word_count": 123, "cyrillic": 0.975}
{"id": "3637", "title": "Слеј се со тишината/ Залажување", "text": ":Таа ноќ е, сине, пеперуга бела:\n:на макова вршка слета и се скри.\n:Во маково цветје таа нoќ се вплела.\n:He мисли ја ти.\n:Спи, сине, спи.\n:Таа ноќ е, сине, коњче што се спрема\n:да замине на пат неброени дни.\n:Сега се е мирно. Сега ништо нема.\n:Смири се и ти.\n:Спи.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%97%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 59, "cyrillic": 0.983}
{"id": "3629", "title": "Слеј се со тишината/ Кон пријателот", "text": ":Отпатувај ако ти е мака,\n:ако чекаш - отпатувај пак.\n:Возот патник во ноќната мрака\n:до небето расфрлува траг.\n:Светла нитка...како галеб летнат,\n:како шепот и сонлив и тих.\n:Пријателе, таква нитка светна\n:утринава и во твојот стих.\n:Пријателе, пријателе, далек,\n:пијан одам од копнеж и жед.\n:Зар е важно дал не плиска залез\n:или зора пo образот блед.\n:Светот - свет е, a ти - крв и рана,\n:кој гo слути твојот жеден плам,\n:и кој слути дека си фонтана\n:кога ноќе поминуваш caм.\n:Отпатувај ако ти е мака,\n:ако чекаш - отпатувај пак,\n:Возот - патник во ноќната мрака\n:ќе расфрла нов и светол траг.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9A%D0%BE%D0%BD_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82", "word_count": 109, "cyrillic": 0.991}
{"id": "3625", "title": "Слеј се со тишината/ Notre Dame", "text": ":Богохулно, грешно и без срам\n:сека вечер мислам покрај Сенa:\n:што би сторил да e Notre Dame\n:чудом млада и убaва жена?\n:Да си в Париз, да си тaка сам\n:и самота така да те кине...\n:Дал' и онa, би сакал до знaм,\n:рaмнодушно мене ќе ме мине?\n:O не, нема!.. Штом огрее ден\n:ќе ме втаса крај мирната река:\n:„Поведи ме во Boulogne i Vincennes,\n:столетија јас тебе те чекам.\"\n:Како тогаш ќe ce сетам млад,\n:каква сила и пркос ќе сетам!\n:И сигурно - и во овој град\n:јас ќе бидам најнежен поета.\n:Ho попусто - сонот си e сoн,\n:a животот други далги влече.\n:Нема каде: преку Babylone\n:да одлутам на Pigalle и вечер.\n:И тргнувам без надеж, без моќ.\n:Сена плиска под лотките леки...\n:Барем да сум само една ноќ\n:едно кубе на нејните плеќи!\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_Notre_Dame", "word_count": 143, "cyrillic": 0.908}
{"id": "3624", "title": "Слеј се со тишината/ Кон галебот што кружи над мојата глава", "text": ":Галебе мој,\n:не слетувај на моите очи.\n:Ha тие брегови откинати ниеден пристан\n:::::::::нема.\n:Зарони во сите длабочини,\n:надлетај над сите височини\n:и дај виделина да земам!\n:Галебе мој, јас очи веке немам.\n:He слетувај на моето срце!\n:Галебе мој, срцето не е мое:\n:мини низ сите предели неминати,\n:крај сите живи, непознати, загинати.\n:Загледај во сите осамени, cитe разделени,\n:и сите ледени врвои и сите ливади зелени,\n:и чуј -\n:додека твоето крило над нив морно се вие\n:како немирно во нив моето срце бие!\n:He слетувај галебе мој,\n:врати се пак ва јатото.\n:Јас сум лотка, осудена\n:на судир со непознатото.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9A%D0%BE%D0%BD_%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%B1%D0%BE%D1%82_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BA%D1%80%D1%83%D0%B6%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D0%B4_%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 108, "cyrillic": 0.972}
{"id": "3632", "title": "Слеј се со тишината/ Ноќта", "text": "::::::Ι\n:Co лажна убавина ги обвива предметите\n:и им дава облик на вистинско збивање.\n:Ги измамува луѓето...и само сo поетите\n:има допир силен ко најприсно сливање.\n:Caл нив им ги отвора широко зениците\n:топли од сонувања за дни недонесени,\n:меѓу сите предели ги брише границите...\n:Затоа поетите гледаат занесени.\n::::::ΙΙ\n:Ноќта е заборав, заборавот успивање,\n:кога сите мисли на праг ги оставаме.\n:Денот клика возбудено: памети ме, памети ме,\n:ко пролетни води твое сум разливање,\n:a ноќта: пополека се' да забораваме.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9D%D0%BE%D1%9C%D1%82%D0%B0", "word_count": 88, "cyrillic": 0.954}
{"id": "3640", "title": "Слеј се со тишината/ Излези", "text": ":Излези во мугрите, излези во ранина\n:Ha висока, скалиста, снеговита планина,\n:пo лицето, снагата ветрот да те милува,\n:мисла ненаслутена в умот да раскрилува.\n:Во сина далечина нешто да те понесе,\n:нешто заборавено она да ти донесе.\n:Стани сам во мугрите,излези во ранина,\n:на висока ,скалиста, снетовита планина.\n:Ќе те плисне ветерот, ќe проструи свежина\n:и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%98%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B8", "word_count": 69, "cyrillic": 0.985}
{"id": "3639", "title": "Слеј се со тишината/ Лов на езеро", "text": ":Птица устремена. Стрвнина.\n:Исправен нор со закана ..\n:Глуне езерска поврвнина,\n:модра од тага. исплакана.\n:Темниот удар на крилото\n:темно ја сече модрината.\n:Блеснува на студенилот\n:рибата в клунот раскината.\n:Денот е cив од умирање.\n:Сами сме. Ништо не велиме.\n:Некое немо разбирање\n:не гони да се разделиме.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9B%D0%BE%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3622", "title": "Слеј се со тишината/ Младост", "text": ":Секоја утрина се будам млад како сонцето\n:што далгите но сонот ги позлатуво.\n:Како успокојува таа млодост непрестајно\n:::::::::раѓана\n:и каква надеж обогатува!\n:Ho минат бргу миговите на утрината\n:и еве: вeкe и пладне наближува,\n:една мисла бавно над ведрината\n:потајно се спушта и загрижува.\n:A кога во нокта како пред огледало\n:минотото се слее вo иднината\n:беспоштедно ме прогонат во мракот\n:двете будни очи нa вистината.\n:Ho утредента пак станувам пробуден од\n:::::::::сонцето\n:што далгите на сонот ги подмладува,\n:па не знам дали од љубов или од омраза\n:сo таа младост за се ме наградува.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82", "word_count": 102, "cyrillic": 0.97}
{"id": "3641", "title": "Слеј се со тишината/ Обична улица", "text": ":Мојата улица нема куќи високи,\n:ни липи, ни маслини, ни багреми зелени.\n:Она понекогаш на мртво дрво личи\n:кај случајно ќе слетаат птиците иселени.\n:Мојата улица е мала и безимена,\n:со обични радости и обични грижи,\n:и да нема зеници од сонцето подгорени\n:не ќe маже ништо сo светот да ја зближи.\n:Низ мојата улица само јас поминувам\n:и само навечер штом се успие тишината\n:она се буди плашлива и измамена,\n:измамена од гласот на далечината.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9E%D0%B1%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3642", "title": "Слеј се со тишината/ Утре", "text": ":Да, се мина веќе и свршено се' е.\n:Се' ко молња денес згасна во темнината.\n:Пa ceгa сум море каде пустош тлее\n:и солза сум само в зеница истината.\n:Можеби за болот друго срце треба\n:и тагата да е лач на месечината,\n:можеби јас нема да се најдам себе,\n:можеби ... Ho слej сe, слej ce co тишината.\n:И заборав утре кога ќе ме скрие\n:и сто сонца светнат над нас во висината –\n:во моите очи еден зрак ќe бие,\n:една жива струја и дах на вистината.\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%A3%D1%82%D1%80%D0%B5", "word_count": 92, "cyrillic": 0.967}
{"id": "3686", "title": "Зборник на Миладиновци/ 25 песна", "text": "Цуцуљ пасит гојада\nПокрај река ситница;\nПоминала лисица:\n„Добр'о утро Цуцуле!”\n- ,,Дал бог добро лисица!”\n- Што врева је на село?”\n- „Ми се женит комар беј\nЗа мушичка девојка.\nБолфа кука метеше,*)\nБолфчето је расеше;\nВошка оган валеше,\nВофчето га гаснеше;\nМечка тесто валепre,\nПојке го лапаше,\nИ на мече дааше.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_25_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3638", "title": "Слеј се со тишината/ На езеро", "text": ":Ледено спокојство. Езерска шир.\n:Тишина. Скаменет мир.\n:Само во висината,\n:во сончевината\n:две бели птици сe капат.\n:Им бијат врело дамарите,\n:играат над шеварите\n:се дури нe потемне запад.\n:Наеднаш - немош и загинување .. .\n:Врз едно невидливо катче од езерото,\n:како непозната трпка врз телото,\n:помина бледо, лесно разбранување.\n:Водата сосема бавно се премрежи\n:и пак се потона во камено смирување.\n:Koгa ќe ce разбранам и толку развилнеам\n:та да се кренам, да стигнам насекаде,\n:да давам секому се што ветувам\n:и како далга неукротена\n:од брег на брет\n:мокно да прелетувам?\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE", "word_count": 97, "cyrillic": 0.99}
{"id": "3689", "title": "Зборник на Миладиновци/ Еднаква", "text": "Ракоите свадба чинет,\nА желките панаѓурвет,\nЕжоите сеир чинет,\nМи се спушти едно еже,\nМи целива една желка.\nЈе дoгледа жељурокот,\nТа се спушти по ежето\n,.Море еже пуштар'це,\nЧиа жена си целивал.”\nРакот му се одгоо,рвит:\n„Море еже пуштар'це!\nМие на брак те канифме,\nДа ми јадиш, да ми пиеш,\nГолем аинк да ми чиниш,\nНе да бациш чужа жена!”\nКутро еже с' отгоорвит:\n„Море раче асмокраче,\nМоре д'гомустакинче,\nМоре љуто кавгаџивче,\nКо ке јадиш, ко ке пиеш,\nЛели ке се опианиш,\nТа се ке си заб-ораиш\nКое је свое, кое је чужо.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%B0", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3685", "title": "Зборник на Миладиновци/ Цуцулина и тресопатка", "text": "Се посвршил Цуцулина, Гугулина,\n:::::гуи, гуи, гуи,\nЈа посврши мала тресопатка;\nСи покани сто сватои,\nСто сватои, пет кумои,\nИ четири деверчина,\nКе ми одет по невеста\nЦуцулину Гугулину.\nКинисаа да си одат,\nДа си одат, по невеста,\nНапред одат сам Цуцуљ м'ш,\nСам Цуцуљ м'ш зеташина,\nИ по него сто сватои,\nСто сватои, пет кумои,\nИ четири деверчина.\nСе зададе темна м'гла,\nТаја идет прау на ними;\nНе ми било темна м'гла,\nуку било копсо пиле.\nМи прснаа да бегает\nСто сватои, пет кумои,\nИ четири деверчина;\nКој под грутче, кој над грутче,\nКој под трнче, кој над трнче,\nКој под глокче, кој над глокче,\nСам зеташин во к'пина;\nОстаија невестата,\nОстаија на полп'ти.\nСи ја вати копсо пиле,\nКога очи целиваше,\nЦрни крви је течеа;\nКога грло целиваше,\nПердуите ја скубаше", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A6%D1%83%D1%86%D1%83%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B0", "word_count": 139, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3688", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свадба од раковите", "text": "А жељките панаѓурвет.\nСе посврши жељурокот,\nСи посврши кутра жељка,\nКутра жељка за невеста.\nИ си стана жељурокот,\n* Петел дрва цепеше\nКокошка му редеше;\nЖаба оган валеше,\nОт ошто го валеше,\nПоике го гаснеше;\nБолва т'пан биеше,\nМечка тесто ваљкаше,\nОт ошто го ваљкаше,\nПоике го лапаше.\nДојде коа, дојде време,\nДа се берет си сватои.\nСи пособра куси врапси,\nКуси врапси за сватои;\nСи пособра уташина,\nУташина кумашина;\nИ си зеде за старосват\nЗа старосват сколовранец,\nПобратими биљбиљчина,\nКинисае по невеста,\nОтидоа во дворои.\nМи играет, ми скокает,\nМи ј адеет, ми пиј еет.\nИ подстана жељурокот,\nСе подскачи на скалата,\nИ је виде кутра жељка\nПроменета, наружена,\nЈе целива бело грло.\nСе зедоа, отидоа,\nСо жељката с' кердосае.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3636", "title": "Слеј се со тишината/ Верглата", "text": ":По булеварот Saint-Germain\n:верглата минува секој ден.\n:Старата позната песна здушено в неврат се\n::::::::::слива.\n:Досадна сива магла, досадна песна cивa.\n:Пo булеварот Saint-Germain\n:сликарот стар е секај ден.\n:Непознат снуждено седи дури го пречека\n:::::::::зора,\n:непознат слики нуди на сите в „Source\" и\n::::::::::„Flоra\"!\n:Ha булеварот Saint-Germain\n:облачен, матен, зимен ден.\n:Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена.\n:Сликарот бавно стана и празен поглед крена\n1 Поврзано\n* Слеј се со тишината", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D1%98_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/_%D0%92%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 0.892}
{"id": "3690", "title": "Зборник на Миладиновци/ Аврамова жертва", "text": "Поканил Авраам гостољубец,\nПоканил гости пријатели:\n„Јадете, пите, бога молите,\nДа ми даит господ чедо\nНа деведесет девет години,\nДа ни даит от срце чедо;\nНа скутам да турам, тате да викат;\nИ ја богу ке го чувам,\nЖертва богу ке го приложам.”\nИ му даде господ чедо,\nНа дете Исакче му кладоа, (име),\nОт ошто на дете милос имаше.\nРастнало дете девет години.\nГоспод го допрати ангелот\nНоке в соне да му се вјавлит,\nАнгел се јавли н' Аврама гостољубца:\n„Камо ти жертва, што богу си таксал?”\nПа ми стана гостољубец Авраам\nИ му велит на дете Исакче:\n„Земи си, синче, остро секирче,\nО'и ми, сину, в ограда зелена,\nДрва да бериш, огон да валиш;\nТатко ти ке доит, жертва да чиниш,\nА ти, сину, сеир да гледаш.”\nОт ошто дете милос имаше,\nПа си зеде остро секирче,\nДрва собервит, огон наваљвит,\nОгон наваљвит, и песма си пеит:\n„Татко ке доит жертва ке чинит;\nТој жертва ке чинит, ја сеир ке гледам.”\nПа ми втаса гостољубец Авраам,\nСи го фати дете Исаакче:\n„Ја на бога, синче, курбан сум таксало,\nТебе, синче, курбан ја ке те закољам.”\nПа отговори дете Исаакче:\n„Врзи ми, татко, обете ноѕе,\nОбете ноѕе, обете р'це.\nПа клади ме на они две дрва,\nНа они две дрва маслинкои,\nДа не мрднам, татко, дан' те накрваам,\nДуша мие немој да с' огрешиме.”\nДесна р'ка пикна во позуа,\nС' десна р'ка острит ноже.\nМи донесол два црни овна ангел боже,\nИ велит на Аврама гостољубца:\nÂОпули се што имат зад тебе.”\nТога Авраам се опули,\nТога виде до два црни овна.\nАнгел божји пак говори:\n„Нејкит господ човечка жертва,\nТук заколи два црни овна.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%90%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%D0%B6%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 280, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3721", "title": "Зборник на Миладиновци/ Христосово воскрсвење (2)", "text": "Прошета света недеља\nСо чесни крсти во р'ка\nПо крај Јордана речица;\nНишто ми стрета не стрети,\nНи си намера намери,\nТук' стрети клети чифути,\nК'де го м'чет Ристоса;\nСудна му м'ка давает;\nНа крсти ми го коее,\nНа оган ми го горее.\nДојдое божеј ангели,\nДа молет цара Чифутски,\nДа пуштит цара Ристоса.\nТој им мољба не сакат,\nНи го Ристоса пушташе.\nМи дојде чиста Пречиста\nИ таја мољба се молит;\n„Егиди цару Чифутски!\nПушти ми цара Ристоса;\nСо него си се надеам\nПред бога да си излезам.”\nТога је Ристос зборвеше:\n„Егиди чиста Пречисто!\nНе жаљај мошне не плачи;\nСама си чиста пречиста,\nСама пред бога к' излезиш.”\nИ дојде света Илиа,\nСи скоа кола огнена,\nСи прегна коњи четири\nЧетири коњи крилатни,\nТа си отиде на небо;\nЧиста Пречиста со него,\nТака излезе пред бога.\nИ дојде света Недеља,\nТаја ми мољба не моли,\nМирна је роса пред бога;\nСи фрли крсти по река.\nСкочиа клети чифути,\nКрсти да берет по река;\nА тие клетва сторие\nРистоса да го не дајт.\nКога по крсти појдое,\nТога им Ристос отлета\nСо дванадесет ангели,\nСвета Недеља со него,\nТа си отиде на небо,\nПред мила мајка поборго.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BE_%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%9A%D0%B5_%282%29", "word_count": 202, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3723", "title": "Зборник на Миладиновци/ Света Недеља и Света Петка", "text": "Заспала света Недеља\nНа света Петка скутои;\nСвета Петка ја будеше:\n„Стани ми света Недеља,\nСега се соно не спие.\nРано ми рано станува,\nДо два празници кажува,\nСветни ми цркви отворат,\nАнгел от небо слегуват,\nРистосово лице омиват,\nЗакони по земја кажуват,\nЗа да веруват Рисјани.”\nКога недеља разсони,\nДробни ми с'лѕи порони\nПо свои светни образи;\nСвета недеља прикажи:\n„Сестро ми света и Петка!\nМалко ми дремка фатила,\nДа чудим сонок сонвала!\nСтред море дрво израстло\nИзрастло дрво високо,\nВр небо дрво крепеше,\nДа под дрвото две лиcќa,\nДва листа били широки,\nСвата је земја покриват.\nТие не биле два листа,\nТуку си били две книги,\nШто и пеет попови,\nДа заверуват Рисјани,\nДа си држет празници,\nСветаа Петка, Недеља.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%99%D0%B0_%D0%B8_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%B0", "word_count": 123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3718", "title": "Зборник на Миладиновци/ Христосово воскрсвење", "text": "Што ми је лепо убоо*\nНа високана планина,\nН' онаа рамна рудина!\nРајските софри ставени,\nНајгоре свети Никола,\nДо него свети Илиа,\nМеѓу ним сестра Мариа\nСо Риста бога на р'це,\nСо злато капче на глаа.\nСвиле се до два облака,\nКренале ми го Ристоса.\nСедна Мариа да плачит,\nСвети Никола је тешит:\n„М'лчи ми, сестро Марио!\nМие ке ти го зеиме;\nПак тебе не го дааме,\nКе го даиме на занат,\nДа праит страшни мостеи,\nДа врвет грешните души.\nПрвата душа што мина,\nТаја је грешна, прегрешна;\nЧужо ми дете дојала,\nАлал не му го даала.\nВтората душа што мина,\nТаја је грешна прегрешна;\nНазаем брашно земала,\nКога го назот враштала,\nСо пепел ми го мешала.\nТреќата душа што мина,\nТаја је грешна прегрешна,\nНазаем сољца земала,\nКога је назот враштала\nСо песок ми ја мешала.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BE_%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%9A%D0%B5", "word_count": 139, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3740", "title": "Зборник на Миладиновци/ 42 песна", "text": "Рано рани свети Герги\nРано рани на Герѓовден;\nОтседла си добра коња\nДа биде в рет овчере.\nЈагнета сја изегниле,\nГоведа са истелиле;\nСјака крава теле води.\nПа отиде в ливадите;\nЛивадите трева немат,\nЗимниците измрзнале,\nЛетниците излипсале;\nТои са назат поврна.\nМајка Герги отговарја:\n„Леле варе, синко Герги,\nВесел отиде, скрбен доде!”\nГерги мајце отговарја:\n„Леле мале, стара мале!\nОбидох си ливадите,\nЛивадите трева немат.”\nМајка Герги отговарја:\n„Не грижи са, синко Герги,\nДа нароси ситна роса\nДа навали герѓовски д'жд,\nПа си иди на Спасов-ден,\nТа обиди в рет с'н'ри.”\n„Послушал свети Герги,\nТа удари ситна роса.\nКога било на Спасов-ден,\nТој воседна добра коња,\nОтиде на ливадите,\nЗимниците искласили,\nЛетниците вретенили (?)\nЛивадите кон не гази.\nЗарадва са свети Герги\nИз друм врви песен пее.\nШто го зачу, се послуша,\nЕдно дрво трепетлика\nНе с' запрја, не послуша,\nИ прокле го свети Герги:\n„Да би дал бог трепетлика,\nСе ти да трипериш!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_42_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 159, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3738", "title": "Зборник на Миладиновци/ Велигденска (3)", "text": "Прошетала света Недеља,\nСтреќа ја стрети свети Илиа:\n„Егиди сестро света Недеља!\nКаи си одела, каи си шетала?\nЕли си в поле трандафил брала?\nЕли си в гори гороцвет брала?” –\nМу говореше света Недеља:\n„Ејгиди брате, свети Илиа!\nВлани сум в поле трандафил брала,\nВлани сум в гори гороцвет брала;\nТуку сум било чудо да гледам.\nСе запалиле до двана д'ба\nДо двана д'ба и вита ела,\nТуку ми горет, туку ми тлејет.”\nНејѕе говорит свети Илиа:\n„Ејгиди сестро, света Недељо!\nТие не ми се до двана д'ба,\nДо двана д'ба, и вита ела;\nТук тие ми се два побратима,\nДва побратима, и посестрима.\nНе ми држале свети Јоана;\nЗа тоа горат, за тоа тлеат.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%283%29", "word_count": 119, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3731", "title": "Зборник на Миладиновци/ 39 песна", "text": "Израсло ми је дрво зелено,\nДрво зелено дур позлатено,\nРожба родило до три јаболки,\nДо три јаболки дур позлатени.\nПод него седи света Марија,\nТа си шиеше на поповете,\nНа поповете петрахилите,\nНа владиците р'кавиците.\nОт долу идат до три овчере,\nДо три овчере до три кехаи.\nПрвиа носи прикован кривак,\nВтори ми носи медни кавали,\nТрети ми носи маламен прстен.\nТој дето носи прикован кривак,\nКато го фрли, тој не дофрли;\nДето носеше медни кавали,\nКато ги фрли, а тој прифрли;\nДето носеше маламен прстен,\nКато го фрли, тој отбрули\nДо три јаболки се позлатени.\nКато ги виде света Марија,\nСкоро поскоро в к'шти отиде\nИ на Димитро тихо говори:\n„Олеле варе, бае Димитре!\nКакви беха тија овчере” –\n„Тој дето носи прикован кривак\nТои ми је свети Никола;\nТој дето носи медни кавали,\nТои је свети Bacилиja;\nТој дето носи златен прстен,\nТои ми је свети Еван.\nСкоро те шт'т у нас да додат;\nДа сторим вјара и кљатва\nДрво зелено дур позлатено\nДа направим златни мостове\nЗлатни мостове на черното море\nИ да минем в онаја земја\nНекрстена и немиросана,\nДа ја крстиме, и миросаме.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_39_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 190, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3736", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свадба од Свети Димитрија", "text": "Пoсвршил се свети Димитриа.\nБела Неда от Софиа (в. др. от Авлана) –\nДојде коа, дојде лепо време,\nДа земеет бела Неда.\nПокани свети Димитриа\nСите свеци си покани\nСи покани за сватои\nСвети Илја забораи.\nИ отишле до Софиа,\nСи зедое бела Неда.\nЛепо ми и пречекале;\nСите свеци и дарвале\nБела риза остра сабја,*)\nНа сабја бела риза,\nЕден дарчок престанало;\nНеда умна и разумна\nСи го кладе ва пазуа.\nИ иделе, што иделе,\nКолку дошле до полп'ти,\nШто потекла силна река;\nНе се газит да је газет,\nНе се летат да летает;\nИ го нашле свети Илиа\nНичкум лежит с'лѕи ронит,\nГо скориват свети Димитриа:\n„Стани брате свети Илиа,\nОти сум те забораил!” -\nНи ми станвит, ни с око се пулит;\nТук се впушти бела Неда:\n„Стани брате свети Илиа,\nИ тебе сум дар донесла!”\nИ си сегна во пазуа,\nСи изваи остра сабја,\nОстра сабја, бела риза,\nГо даруа свети Илиа,\nИ ми стана свети Илиа;\nНачас река ми секнала.\nПоминае сто сватои\nСо нееста бела Неда.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 172, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3727", "title": "Зборник на Миладиновци/ Христосови карстови", "text": "Попаднале до три темни м'гли\nПопаднале во Стамбола града,\nМи стојале токму три години;\nНито с'нце ми је угреало,\nНито ветер ми је повеало,\nНито роса ми је заросило;\nСе сторило голема ск'пиа.\nНикако ми жена не постигна,\nНикако се овца не објагни,\nТа ни нивје чеинца родие,\nМи се стори голема гладиа;\nСтари љуѓе пепел ми макае,\nИ младите трева ми пасее,\nЛуди деца песок ми зобее!\nСе зачуди цара Костадина,\nШто ке будит за чудо големо!\nМалу му је цару притекнало;\nШто му велит краљу Мурат-бегу:\n„А егиди краљу Мурат-бегу!\nДа ми појдиш крај река Ситница,\nТамо имат Чифутка вдоица,\nТаја имат едно м'шко дете.\n„Ајти тебе чифутке вдовице!\nДа ми кажиш дека ми се крсти,\nДека ми се крсти Ристосои.\nАк' не кажиш чифутке вдоице,\nКе ти земам твое м'шко дете,\nКе го печа меѓу два огнеи.” –\nСе отго'ри чифутка вдоица:\n„Так' ми бога краљу Мурат-бего,\nСум главена измеќарка овде,\nДа го вадам големо буниште.\nНоште растит трева смрделика,\nНоште растит на утро је кинам;\nДење ноште овдека си седам.”\nМу казае цару Костадину;\nЦарот пушти до триста момчина.\nШто да видет за чудо големо!\nНе ми било трева смрделика,\nТуку било босиљок Ристосов!\nИ станале до триста момчина,\nОтвориле големо буниште,\nШто ми беше мошне малечкоо,\nТриста с'жни беше во глобина,\nСто и педесет беше во ширина,\nИ најде крсти Ристосои.\nКолку беа крсти малечкаи,\nЦарски порти не и соземае,\nПрек' бедени крсти префарлие;\nИ кладое во царското азно.\nТога с'нце ми је угреало,\nТога ветар ми је повеало,\nСитна роса ми је заросило,\nМ'шки деца жени постигнале,\nРуди овци ми се објагниле,\nИ се стори големо евтиња,\nИ нивјето чеинца родие,\nСе берикет ми се исполнило. –\nКои чуло све весело било.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 298, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3725", "title": "Зборник на Миладиновци/ Богородични изповед", "text": "Oнаа ст'рна лепа рудина,\nВо рудина је велик манастир,\nВо манастира свети Никола,\nИ света Петка, света Недеља;\nСвета Недеља свешти ми сучит,\nА света Петка црква ми метит,\nСвети Никола книга ми пеит,\nКнига ми пеит, с'лѕи ми ронит.\nИ му долета Богородица,\nБогородица с бога на р'це,\nИ му долета на десно раме;\nИ му говори Богоро'ица:\n„Егиди брате, свети Никола!\nШто книга пеиш и с'лѕи рониш?\nЈас сум си дошла да ме причестиш.-\n„Егиди сестро Богоро'ице!\nИсповедви се, и причестви се,\nДа не греои нешто ми имаш.”\nТога говори Богородица:\n„Егиди брате, свети Никола!\nЈас да ти кажа што греф си има;\nКога си врвеф низ Димна гора,\nНиз Димна гора пуста планина,\nСе што ме виде, се простум стана;\nСе простум стана и п'т ми стори;\nДо трине древја не ми станае,\nНе ми станае, ни п'т сторие.\nТога и ја љуто прок'лнаф: -\nТонка јасика тонка да бидит,\nТонка да бидит, сенка да немат\nТонкана евла тонка да бидит,*\nНи цут да цутит, ни род да родит.\nЗелени бршлен, зелен да бидит,\nЗелен да бидит зиме и лете,\nЦут да ми цутит, род да ми родит\nРод да ми родит црни јаглења.”\nСе исповедва и се причести.\n1 Белешка\n:* Вместо тои стих други кладвет:\nКривана врба крива да бидит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8_%D0%B8%D0%B7%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4", "word_count": 222, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3746", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свети Петар и мајка му (2)", "text": "Свети Петар в рај ке појде\nВ рај ке појде рај да види\nГрешна мајко на след него,\nТеком тече, сл'зи рони\nСл'зи рони виком вика:\n„Стој, почјакај, свети Петре,\nС тебе мама в рај да иде,\nВ рај да иде, рај да види,\nХристу богу да достои.”\nОбрна сја свети Петар\nТа погледна низ негово\nНиз негово десно рамо\nСл'зи рони низ хубаво\nНиз хубаво светло лице;\nОтговарја свети Петар:\n„Леле варе, грешна мале,\nНе си згодна в рај да идеш\nВ рај да иде, рај да види,\nХристу богу да достоиш.\nКога бехме, мила мамо,\nНа бело, мамо, видело,\nНие бехми чорбаџии\nЧорбаџии механџии,\nДодеха си два божеци,\nЗасвириха, запееха,\nИ сја, мамо, помолиха\nЗа Христово светло име;\nНо ти, мамо, не ги дари,\nДа (ја) извади из м'ката.\nПа си скубе од косата\nОт косата една влакно\nНаставја го сос листото\nХван'ха с' грешни души\nЧе си им е натежало\nДа си седат, да си горат.\nОтговарја грешна мајќа:\n„Отв'дете сја грешни души,\nНе сте згодни из м'ката\nИз м'ката д' излезете,\nНе сте дале вие листо\nВие листо като мене,\nВечна м'ка д' излезете.”\nШтом изрекла таја дума,\nВлакното сја прек'снало,\nТа падн'ла грешна мајќа,\nВов д'ното на м'ката.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D1%83_%282%29", "word_count": 216, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3691", "title": "Зборник на Миладиновци/ 30 песна", "text": "Фала богу за чудо големо,\nДека ке се чудо нагледаме!\nБлаго дељат четири ангели,\nБлаго дељат више на небеси.\nКои си биле четири ангели?\nЕден беше стар свети Илиа,\nДругиот беше стар свети Никола,\nА трекиот беше свети Јован,\nЧетвртиот беше свети Петер.\nДолетале до две мили сестри,\nСвета Марја, и света Магдалина,\nПорониле солѕи по образи,\nПо убаво златно свето лице.\nНе смее никои да и питат;\nОпита ги стар свети Илиа:\n„Што ронете солзи по образи,\nПо убаво златно света лице?\nДали ви се от бога еднога?\nДали ви се от рода Христијанска.”\nМагда крие, Мариа не крие:\n„Брату мили, стар свети Илиа!\nОт бога ни је свакојако добро;\nМ'ка ни је од рода хрисјанска,\nНие бехме по земја Легенска,\nБог да биет Легенски христјани!\nНе се знаит постаро, помладо,\nНе си слават светци от година,\nНе си држат Петка и Недеља.\nВо света недеља метат\nЛице и напрашиле;\nНа света недеља печееки\nОчи и изгореле.\nТатко имат като лудо дете,\nСтара мајка на ноѕе изгазиле,\nСестри имат, како измеќарки,\nБрата имат, како душманина,\nСвоја снаха, како прва љуба;\nКум крштеник на судба се терат;\nК'де биле неправо судиште.\nИз под ним црна земја горит,\nГорит земја четири аршини.”\nПа им велит стар света Илиа:\n„Постоите сестри почекајте,\nДури ние благо да делиме.\nКе се молиме на наш христос,\nДа ми даде кључеве от небеси,\nДа закључам м'гли и облаци;\nТри години дош да не заврне,\nТри години с'нце да н' угрева,\nТри години ветер да не дува,\nДа не се роди вино, ни жито.”\nАрно ангели благо разделиле;\nНа свети Илиа што му паднало?\nПаднало му летни грмежи,\nОн да имат он да и повељат,\nХристијани страхот да му имат.\nНа свети Никола, што му паднало?\nПаднало му води и бродови,\nМу паднаа гемии по море,\nОн да имат, он да ги повељат.\nКои јунак вода ке нагази.\nДа се помоли на свети Никола,\nОн је вреден от вода да извади.\nНа свети Јован што му је паднало?\nПаднале му крсти, и икони,\nПаднале му кумство, побратимство,\nКој ке подст'пи свети Јован,\nНека стапни в силен оган.\nНа свети Петер што му паднало?\nПаднале му кључеве от рај,\nОн да отворе и он да затворе.\nИ што беше стар свети Илиа!\nПомоли се на наш христос,\nТа му даде кључеве од небесе,\nСи закључи м'гли, и облаци,\nТри години дожд не заврна,\nТри години с'нце не угреа,\nТри години ветер не подунал,\nНе се роди ни вино, ни жито;\nПак на бога не се предавдле.\nА што беха Легенски христјани!\nПријавнале коња пеливана,\nДа си бегат на друга краина,\nДека имат здравје и берикет.\nРаспукала таја црна земја,\nПропаднуват коња до колена;\nПа на бога не се предавале.\nБог им даде седумдесет болки,\nСедумдесет и седум болести;\nБолувале оште три години,\nПовеке умреле малце останале;\nДури тогај на бога се предале:\nЗаслужили светци от година,\nЗадржале Петка и Недеља.\nТатко имат, като свое срце;\nМајка имат, като своја душа;\nСестри имат, като десна р'ка;\nСвоја брата, като десно око;\nСвоја снаха, като иста сестра;\nКум крштеник, като бога еднога.\nКако се они тако покаиле,\nВ црква одат богу да се мољат.\nДури тогај дош им заврнало,\nШто сеали, све им се родило,\nРодило се и вино и жито.\nОт ангели песна останала,\nДа се пеит, да се прикажуват.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_30_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 559, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3752", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свети Петар", "text": "Свети Петар в рај походи,\nВ рај походи, там да б'де\nТам да б'де, дор преб'де,\nПо него е стара мајка,\nТиком тиче, гласом хока.\nСвет се Петар изобр'шта:\n„Назад, назад, стара мале,\nТи не можеш у рај д' идеш,\nТвоја душа греховита,\nЧе си била механечијка,\nЕксик вино продавала\nИ водица придавала.”\nПа свет Петар рај походи,\nВ рај походи, там да б'де\nТам да б'де, дор прб'де.\nПо него е првњо либе,\nТиком тиче, гласом хока:\n„Стој, почекај првњо либе,\nИ ја с тебе у рај д' идем!”\nСвет се Петар изобр'шта:\n„Назад, назад, првњо либе,\nТи не можеш у рај д' идеш,\nТвоја душа греховита,\nЧе си чуждо работила,\nЕксик ока доходила,\nТвое не си придавала.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80", "word_count": 127, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3734", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свети Илија и девет ламии", "text": "Попаднале девет кучки Лами,\nПопаднале на Орицко поле,\nДа зобает пребела пчеинца.\nТук се чудит стар свети Илиа,\nШто да чинит, како да загубит\nДа загубит девет кучки Лами.\nИ говори стар свети Никола:\n„А егиди брате свети Илиа!\nТи не можиш да загубиш ними\nТук да поиш во село Канео,*\nТамо имат сирота вдоица,\nКе**) стигнала лудо м'шко дете,\nМ'шко дете по татко посмрче;\nИ да зеиш паур со ракиа,\nДа си зеиш пребела погача,\nДа г' однесеш на сирота вдоица;\nДа је даиш паур со ракиа,\nДа је даиш пребела погача\nКе се напиет и сон ке ја фатит\nТа да зеиш лудо м'шко дете,\nМ'шко дете по татка посмрче,\nДа г' однесиш цареи кладенци*)\nДа се качиш на Перин Планина,\nДа потераш девет кучки Лами,\nДа потераш цареи кладенци.\nИ отиде стар свети Илиа,\nИ потера девет кучки Лами.\nИ пречека лудо м'шко - дете,\nС десна р'ка и пречека лудо,\nИ пречека девет кучки Лами\nСите осум дете и загуби,\nИ девета Ламја побегнала\nПобегнала в црква Арангела.\nИ ми дојде стар свети Илиа,\nИ говорит на дете от рулека:\n„А егиди дете повојниче,\nАли уби девет кучки Лами?\nГовореше дете повојниче:\n„А егиди стар свети Илиа,\nОсум кучки Ламии загубиф,\nА девета Ламја ми побегна\nМи побегна црква Арангела.”1)\nСам се пушти с дете от рулека,\nИ девета ламја је загуби.\nИ го зеде дете малечкоо,\nГо однесе на сирота вдоица.\nСи ја најде сирота заспана,\nСи ја тога сирота разбуди\n„Стани, стани сирота вдоице!\nНацицај си твое м'шко дете,\nОти ти је дете уморено;\nОт дамна не си го нацицала.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%98%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%B8", "word_count": 273, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3754", "title": "Зборник на Миладиновци/ Решпел Георгија", "text": "Кинисал ми Решпел Георгиа\nШто ми наполнал до три гемии,\nПрва со восок, втора со темјан,\nВтора со темјан, треќа со масло;\nИ ми кинисал по црно море.\nЌар да ми ќарит на света Гора.\nОдил што одил до стреде море,\nТој ден ми беше свети Никола.\nМи помрзнае до три гемии\nВо стреде лето, во црвеника.\nБога помоли Решпел Георгиа:\n„Егиди светен свети Никола!\nОтпушти ми и до три гемии,\nЈас да си појдам во света Гора,\nДа и аризам на света Гара!”\nМи отмрзнало црноно море;\nИ си и тргнал до три гемии,\nРешпел Георги ќар не ми ќарил,\nТук м' и аризал на света Гора.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%BF%D0%B5%D0%BB_%D0%93%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 108, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3748", "title": "Зборник на Миладиновци/ Дечански манастир", "text": "Фала богу за чудо големо!\nА што ке се чудо нагледаме!\nШто ми беа во една земја\nВ една земја до два господара.\nКој да беа тие два господара?\nЕден беше краљски цар Степан\nДруги беше краљски цар Душан,\nИзговоре краљски цар Степан\nНа онего србски краљ Душан:\n„Ајде мие да се разделиме!\nПросту тебе поле ем чивлиѕи\nПросту тебе рамна Шумадиа,\nПросту тебе Босна Сарајово,\nПросту тебе србска наиа,\nПросту тебе коњи, ем соколи,\nПросту тебе 'рти, ем з'г'ри,\nЗа да одиш по лова по гора;\nДа ми простиш два сажна место,\nМеѓу Јупек, меѓу Ѓаковица.”\nИ му прости два сажна место.\nСакал краљот манастир да градит.\nИмал краљот до три кули азно;\nТемељ ке турит само от стребро,\nА покпроот от жежено злато.\nПа го дочу сестра му Елена,\nМи говоре сестра му Елена\nНа онего краља цар Степана:\n„Ја сум чула манастир ке градиш,\nТемељ ке туриш само од стребро,\nА покроот од жежено злато;\nСлушај, брате, твоја мила сестра,\nТаја тебе ука дш научит.\nАтар тебе да не ти останит;\nТи си имал до три кули азно;\nПо отдамна книги покажует\nСега бргу Турци ке налазет,\nНи темеља Турци ке остает,\nНа Рисјани закон ке растурат.\nАко сакаш манастир да градиш,\nКак некога што градил Симеон?\nДа ми одиш преко слано море,\nДа ми појдиш Венетичка земја,\nТамо имат камња мерџанлиа,\nОт стреброто три аспри поск'по,\nДа го носиш, тешко не се носит;\nДа го кршиш, тврдо не се кршит.”\nБлаѕе брате,*) сестра што послуша!\nБлаѕе сестре, што брата поучи!\nГо откупи камен мерџанлиа,\nУдри темељ сугради манастир.\nСе посвети србски свети Степан\nСе посвети и света Елена.\nДен денеска манастир ми стоит,\nКои греит како вруќо с'нце\nОт ошто је лепо наградено,\nОт ошто је убаво написано.\nОт кога одат Рисјани на закон,\nОт кога одат на Петровден,\nДо денеска се пеит, и се прикажует.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B5%D1%87%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80", "word_count": 314, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3742", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свети Петар и мајка му", "text": "Кинисал ми свети Петар,\nДа ми оит во рај-боже\nВо рај-боже на причесна,\nИ по него грешна мајка,\nМу се молит да је зеит. –\n„Чекај, чекај сине Петре,\nСинче Петре и јас к' идам\nВо рај-боже на причесна.” -\nИ је рече свети Петар:\n„Бегај, бегај грешна мајко,\nОти си ми многу грешна;\nТи не можиш да ми идеш\nВо рај-боже на причесна;\nРајски порти затворени,\nПеколските отворени.\nKoгa беше, мајка млада,\nТи ми беше карчмарица;\nТи идее сиромаси,\nДа ти пијет на меана,\nТи велее „Жити душа,\nЖити душа карчмарице!\nАл' ни дааш токму ока,\nТокму ока чисто вино?”\nТи велеше „жими бога,\nЖими бога, бог ми душа,\nЈас си даам токму ока.”\nНе дааше токму ока,\nНе дааше чисто вино\nТук со вода го мешаше.\nИ дааше со две оки;\nКо т' идее јабанџии\nСиромаси карванџии,\nШто си ока незнаее,\nИм дааше триста драма,\nИ виното пак со вода.\nКот' идее баздриѓани,\nИм дааше тамам ока,\nТамам ока чисто вино.\nЗа тоа си мајко грешна;\nТи одеше чесна кума,\nДа крштааш луди деца,\nНа деца им ништо не дааше,\nТа ни риза, ни кошуља,\nКако куми што давает,\nЛуди деца и променвет.\nИ тоа си многу грешна;\nИ пак друго, мајко, имаш,\nТи имаше многу стока,\nНа сиромаф не дааше,\nСиромаф го не вервеше.\nЕљум еден сиромашец\nМошне многу ти додева,\nШто му даде полоина,\nПолоина конопно појасмо,\nИ начас се пишман стори:-\n„Што би ова ја што сторив,\nС'та стока ја издадоф\nПо питачи, сиромаси!”\nИ друго си мajko грешна;\nБрашно назаем земаше,\nКога назот го врашташе,\nПолу брашно, полу пепел,\nТака назот го врашташе.\nКога сољца ми земаше,\nПолу песок ја мешаше.\nИ друго си мајко грешна;\nКога пипер да земаше,\nЧисто пипер не врашташе,\nГерамиди к' искршеше,\nПипер ке го измешаше.\nПак за тебе, мајко, немат\nДа ми оиш во рај-боже.”\nМила мајка му се молит:\n„Сине Петре проштаај ме\nПроштаај ме, измоли ме!”-\nСвети Петар се помоли;\nКолку појде крај портите\nКрај портите на причесна\nРајски порти с' затворие,\nПеколските с' отвориле.\nПетреата грешна мајка\nСи отиде в пеколските.\nПак се молит свети Петар,\nДа откупит грешна мајка.\nМи се згоди појасмото,\nПојасмото от конопта;\nЈе го пушти на мила мајка,\nМила мајка во пеколот,\nДа је мајка куртулисат.\nПојасмото не фтасало,\nСи пресече русо перче,\nПојасмото го придало,\nТук да мајка куртулисат.\nИ го пушти на мајка си.\nКолку мајка се фатила,\nДа излезит от пеколот,\nСе фатие многу души\nЗа Петреа мила мајка,\nОт пеколот да излегвет.\nТаја пак си не дотрпи:\n„Вратете се грешни души!\nМене син ми ме изваат;\nЈа со мене не ве сака.”\nУште речта не дорече,\nМи се скина појасмото;\nНа дно в пекол пропаднала;\nСите души излегое.\nТога рече свети Петар:\n„А егиди мила мајко!\nКако стори да си најдиш;\nНе сакаше рај да видиш,\nРај да видиш, рај да најдиш,\nВо пеколот фодулштина.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D1%83", "word_count": 483, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3744", "title": "Зборник на Миладиновци/ Еднаква (2)", "text": "Ми киниса свети Петар,\nКе ми одит у рај-боже,\nПо него је грешна мајка,\nГрешна мајка, грешна душа.\n„Сине мои, свети Петар!\nПостој, сине, почекај ме,\nУ рај идам, рај да видам!”\nСе поврати свети Петар:\n„Ај от тува грешна мајко!\nНе је леко за рај-боже,\nРајски порти затворени,\nПеколските отворени.\nДали знаеш паметуваш,\nКога бехме у бел света,\nТи си беше богатница\nБогатница, имовита;\nСтока имаше преку глава,\nСилен ѓавол те силеше,\nТи за бога не даваше.\nТи дојдоа два просјака,\nТи дојдоа во куќата,\nТи свиреа от пладнина\nТи питаа до квечера;\nСрце мајко не те жежна,\nНешто милост да им сториш;\nТа изваде корка лебец,\nШто стоила три недели;\nИ изваде лен појасмо\nИм подаде за господа;\nТи пак назад се поврати,\nНа тоа пишман се стори:\n„Дејди боже, златен боже!\nСи ја дадоф сета стока,\nДа ја јадат немачници\nНемачници, немтурици!\nМојте деца што ке јадат?” –\nДејди мајко, грешна душо!\nНе ми беа тие просјаци,\nТуку беа два ангела;\nЕден беше свет' Илиа,\nА другио свети Никола.\nУште малце ке те судам:\nТи си беше крстеница,\nКрштаваше мали деца,\nНе одеше за крштење,\nТук одеше за јадење,\nЗа јадење, за пиење;\nНишто, Мајко, не подаде\nНи кошуљче, ни платенце,\nНи платенце, ни чораби,\nНи чораби, ни капица;\nГоли, боси те чекает\nТе чекает пред господа.\nНа господа как ке одговориш!\nУште, мајче, ке те судам;\nТи си беше карчмарица,\nПродаваше рујно вино;\nТи доиха п'тници\nП'тници сиромаси,\nТе прашаха п'тници:\n„Хаи даваш, хаи зимаш?” –\nТи, мајче, се колнеше:\n„Бог ми душа, враг ми душа!\nТокмо давам, токмо земам.” –\nИм наполни триста драма,\nТриста драма бистра вода,\nА сто драма чисто вино!\nО ти мајко, грешна душо!\nТокмо зеде, кусо даде. –\nУште мајко ке те судам:\nСилен ѓавол те cилеше\nЗаем брашно ти земаше\nОт сиромаси комшии,\nЧисто брашно ти земаше,\nКога назад го враќаше,\nПолу пепел го мешаше.” –\nПа дојдоха на рај-боже;\nНапред оди свети Петар;\nВчасо дојде грешна душа;\nПа дојдоха на влакнен мост,\nСи поминал свети Петер;\nТоку дојде грешна мајка,\nВчасо дојде стреде моста;\nМи се скина стреде моста,\nМи пропадна на дно пекол.\nС'вети Петар први ангел,\nМу се моли на господа,\nМу се моли три години,\nТри години и три дни:\n„Ејди боже, златен боже!\nПрости ми ја моја мајка,\nМоја мајка грешна душа!” –\n„Ај от тува свети Петер!\nНе се проштат твоја мајка,\nТвоја мајка многу грешна.” –\nНе ја прости на три години\nТук ја прости на трите дни.\nХоди от тука свети Петер!\nПросто тебе твоја мајка;\nДа си појдиш по крај море,\nДа усучиш танка врфца,\nДа ја пуштиш у пеколот,\nДа се фати твоја мајка\nТвоја мајка грешна душа.\nТамо имат други грешни,\nГрешни седумдесет души,\nДа се држат от нејѕини поли\nНејѕини поли и р'кави,\nДа излезет на бели свет.” –\nМи отиде свети Петер,\nМи отиде по крај море.\nМу се фати за десна пола,\nМу се фати лен појасмо,\nГо усука т'нка врфца,\nПа го пушти у пеколот.\nВрфцата не достигнала;\nСвети Петер си имаше,\nСи имаше русо перче,\nПа наддаде т'нка врфца.\nГлас си даде свети Петер:\n„О ти мајко, грешна душо!\nТе измолих от господа.\nЕл чуете седумдесет души!\nДржете се за полите\nЗа полите, за р'кави!” –\nА што беше завидлива,\nТок што виде бели света:\n„Ај от тува свински керки\nСвински керки, песи керки!\nЈа сум дојла свети Петра,\nЈа сум лулала свети Петра,\nВие не сте го доиле,\nНи па сте го лулале!”-\nТогај господ пак си дочу,\nСтреде врфца ми се скина,\nНа дно пекол ми пропадна.\n„Ејди мајко, грешна душо,\nДното в пекол си кердоса!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%95%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%B0_%282%29", "word_count": 607, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3750", "title": "Зборник на Миладиновци/ Цар Мурат и Стар Игумен", "text": "Книга пишит цара Мурат-бега:\nЕли пишит кому ке ја пратит?\nКе ја пратит дур во Света Гора,\nНа онаја стара игумена,\nНа оние млади калугери;\nШто им сакат до четири добра:\nПрво добра чесно вангелие,\nВторо добро светего потира,\nTpeќo добро нивна чесна крста,\nА четворто чесно петраила.\nТук се чудит стари игумена,\nШто ке бидит ово чудно чудо!\nКнига пеит градум с'лѕи ронит.\nГо гледает млади калугери,\nИ му велет млади калугери:\n„А егиди стара игумена!\nШто је таја мошне лоша книга,\nШто је пеиш, мошне с'лѕи рониш.”\nИ му рече стара игумена:\n„А егиди млади калугери,\nДа ви кажам што ке ми чините!”\nТога велет млади калугери:\n„Не можиме ништо да сториме,\nТуку господ дерман да ни сторит,\nТуку кажи колку да знаиме\nДа знаиме бога да молиме.”\nИ им каза стара игумена,\nШто допуштил цара Мурат-бега\nШто ни сакат до четири добра: -\nПрво добро чесно вангелие,\nВторо добро светего потира,\nТреќо добро наша чесна крста,\nА четворто чесна петраила.\nМу рекое млади калугери:\n„Тоа гајле ти да го не бериш,\nТуку назод книга да му вратиш;\nНе ти даам до четири добра,\nШто ќe можиш ела да ми сториш.\nДа станиме сите калугери,\nДење ноште бога да молиме,\nДа пеиме света литургиа,\nГоспод него ке го пострамотит.”\nКако што го тие научие\nИ игумен книга ми написа,\nОти ништо цару не му даат,\nШто ке можит нека доит да чинит.\nСе разљути цара Мурат-бега,\nИ си зеде малу многу аскер,\nИ киниса на море да идет.\nКалугери како што рекое\nДење ноштте бога си молеет.\nЦар ми појде стреде црно море,\nМи замрзна она црно море.\nСе зачуди царот што да чинит.\nТога велит цара Мурат-бега;\n„Леле боже, леле мили боже!\nПоможи ми цар свети Никола!\nЈа су чуло ти ми го поељвиш\nГо поељвиш ова црно море,\nТи се мољам сега да ми дојдиш\nДа ми дојдиш море да отмрзниш;\nДа си појдам ја во света гора,\nНишто завал тамо да не сторам,\nНа игумен пештеш ке му даам!”\nИ му дојде стар свети Никола,\nВ р'ка држит стребрена патерица,\nГо прекрсти она црно море,\nГо прекрсти море го отмрзна.\nЦар ми појде дури Света Гора.\nГо видое уште от далеку,\nМу рекое стару игумену:\n„Бегај сега, старе игумене,\nДа бегаме во гора зелена;\nОти господ мољба не ни дексал,\nОти душман дојде, се приблиза,\nОти душман живи ке не колит,\nКе не колит, живи ке не печит.”\nПобегнае во гора зелена.\nЦар излезе на крај црно море,\nИ им пушти три млади елчии,\nДа викает млади калугери,\nДа викает, стара игумена,\nДа си зеет голема пештежа,\nОти царот ништо не им чинит.\nСо м'ка одвај и довикае;\nШто им даде голема пештежа,\nШто им даде три тоари азно\nТри тоари светему Николу.\nГо држеше стара игумена,\nДва дни, три дни на гости да седит,\nОт гемиа цар ми не излезе,\nТук се врати, назад си отиде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A6%D0%B0%D1%80_%D0%9C%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82_%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%98%D0%B3%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD", "word_count": 489, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3787", "title": "Невестa тенка висoкa", "text": "Невеста тенка висoка, леле,\nна кирајџијте му вели\nкирајче море, алајче,\nколку кирија ќе сакаш.\nКолку кирија ќе сакаш, леле,\nдо Стамбол да ме однесеш,\nДо Стамбол да ме однесеш,\nдо Стамболските мејане.\nНевесто калеш убава, леле,\nкирија твоја ефтина\nкирјиа твоја ефтина\nќе ми го дадеш лицето\nЌе ми го дадеш лицето,\nлицето бело и црвено,\nлицето бело и црвено,\nкако петровко јаболко.\n1 Белешка\n*Песната е од околината на Воден, запишана од Тинка Ташева.\n2 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82a_%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%B2%D0%B8%D1%81o%D0%BAa", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3729", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свети Георги (2)", "text": "Бог да бијет краља од Тројана!\nМи пособрал Тројанци христјани;\n„Ел чуете Тројанци граждани!\nРазсипите бога единего,\nНапишите бога стребренова.”\nНаписале бога стребренова.\nШто ми текле у Тројана града\nТриесет и три точки студна вода;\nТамо фати да ми протечвит\nБело стребро, и свитлоно злато;\nТоа за бога молиа, тоа ми најдоа.\nНим и им прати краљ Тројански,\nМи 'и прати под Тројана града,\nПод езеро, кеј глобок бунар.\nТамо имат таја вода студна;\nТамо имат змиа халовита;\nНа ден му је по еден таин;\nТамо одат Трајански христјани,\nДа откупат водата со стребро,\nСо стребро, со жежено злато.\nБог да биет краља от Тројана!\nПромени негова мила керка\nНегова керка најмала Мариа;\nИ наполни џепје и пазуи\nСо стребро и злато жежено;\nВо р'це је даде стребрен ибрик:\n„Ајти керка мала Марио!\nТи појди ми крај бунара,\nНалеи ми она студна вода,\nДа откупиш ти вода со стребро.”\nА што беше девојка Мариа!\nСе прекрсти, богу се помоли:\n„Дејди боже, мене поможи ми!”\nИ киниса по бели друмови,\nИ си стрете незнаена делиа,\nДелиа со коња дориа.\n„Поможи бог Тројанко девојка!\nАко бог да, каи ке ми одиш?” –\n„Ја ке ходам под Тројана града,\nДа налеам она студна вода.”\nОдговоре незнаен делиа:\n„О! девојка хубава Мариа!\nТамо имат змиа халовита,\nКе загиниш млада и зелена!\nЈа не сум незнаена делиа,\nТуку сум си свети Георгиа.\nЈа ке легнам на твои скутови,\nМалу перче да ми приобидиш;\nЈа сум вреден тебе да откинам.\nПа си слезе от коњо на земи,\nЛегна на нејѕини скутови.\nБог да биет змиа халовита!\nСе даде от глобоко езеро\nСама себе гласови даде:\n„Хејди боже, хејди мила боже!\nНа ден имах само еден таин,\nА денеска имам три таина!”\nИ што беше хубава девојка!\nЈа догледа змиа халовита,\nНа девојка тешко жал и падна,\nОт жалости таја не ми скорна,\nНе скорна светаго Георгиа,\nИ порона солѕи по образи;\nПаднаха солѕи на образо негов,\nОд жалости солѕи г' изгореха.\nИ си стана свети Георгиа,\nИзговоре на Тројанска девојка:\n„О! девојка, хубава Марио!\nШто ми рониш тие дробни солѕи.\nИзговоре Тројанка девојка:\n„Брату мои свети Георгиа!\nOпули ce по бели друмови,\nШто ми идет хала халетина,\nШто говорит змиа халовита –\n„На ден имах ја по еден таин,\nА денеска имам три таина.”\nСе опули свети Георгиа,\nЈа догледа змиа халовита.\nАл му велит Тројанка девојка:\n„Сега ние, брате, загинахме!”\nА што беше свети Георгиа!\nСе уплаши свети Георгиа,\nПа си слезе сам еден господ:\n„Ал ме чуеш свети Георгиа!\nВели сам едини господ,\nА извади стрела от појаса,\nФарли на змиа халовита;\nМоже и јас на помош да дојдам.”\nИ што беше свети Георгиа,\nПа истргна стрела от појаса,\nИ фрли на змиа халовита,\nЈа погоди меѓу црни очи,\nИ си кутна змиа халовита,\nИ си јавна коња дориега,\nПа велит на Тројанка девојка:\n„Оди пред мене, пред коња.”\nС себе зеде змиа халовита,\nПа ја врза с дробнаго синџира,\nИ велит свети Георги на коња:\n„Али чуеш, коње дорие,\nСи фатихме змиа халовита,\nВлечи, коње, сега да се влечи.”\nИ киниса по бели друмои.\nКога дојде у Тројана града,\nКога гледат Тројанци христјани,\nГи прифати треска тригодишна.\n„Ејди боже сполај ми ти тебе!\nОт кога се Тројан заградило,\nВаква хала не беше ни дошла!”\nПа си ходит свети Георгиа,\nПа си ходит по Тројана града,\nПа си слезе от коња на земи,\nИ си пpaќa девојка Мариа:\n„О! девојко, хубаво Марио!\nТи да појдиш у ваши дворје\nХабер ти стори на твои татко.”\nСи отиде на свои дворови,\nПа говори она на татка си:\n„Ал ме чуеш мои стари татко!\nДојде еден незнаен делиа,\nИ те викат тои каи него”.\nПа киниса тои краљ Латин,\nПа отиде кај свети Георгиа:\n„Добре дојде незнаен делиа!” -\n„Добре најдох крале Латинине!” –\nАко сакаш ја да ми ти даам\nДа ти да'ам моја мила керка!”\nИзговори свети Георгиа\nНа онега краља Латинего:\n„Ќути Латин уста да ти капнит,\nНе зборувај ти такви речови!\nЈа не сум ти некои делиа,\nТуку ја сум еден ангел божи,\nАнгел божи свети Георгиа.\nАли гледаш хала халетина!\nДа собериш Тројанци христјани,\nДа разсипиш бога стребренаго,\nДа напишиш бога единаго,\nОти гледаш страшна Халетина.\nАко пуштам змиа Халетина,\nТри п'ти градо ке преопачит,\nЖива душа от вас не остават.”-\nИзговоре тои краљ Латин:\n„Прости мене свети Георгиа!”\nСе собраха христјани Тројанци,\nРасипаха бога стребренаго,\nНапраиха бога единега.\nИ што текле триесет и три чешми\nЧисто сребро и жежено злато,\nПресекнаха и ми протекоха\nПротекоха таја студна вода.\nОт тогај песна останала.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%93%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8_%282%29", "word_count": 750, "cyrillic": 0.999}
{"id": "3784", "title": "Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по историја", "text": ":Ноември 1947 г.\nИзработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во посебни услови. Поради тоа се допуштени сфаќања карактеристични за великобугарскиот шовинизам. Во други случаеви извесни прашања не се доволно целосно разјаснети. Таа околност дава можност таквите места да скриваат опасност од двосмислено, многупати, шовинистичко толкување. За да се исправат допуштените грешки и да се избегне секоја можност за толкување или заклучоци во духот на великобугарскиот шовинизам, учителите по историја треба во нивната работа во своите оделенија да ги извршат следниве исправки:\n;I. Во учебникот по историја за III клас\nСтр. 40 и 41 - Самуиловата словенска држава не треба да се преставува како Западнобугарско царство. Таа се појавува врз земји кои навистина влегувале во деловите на Бугарија, но по својот етнички облик биле чисто словенски. Да се објасни дека Самуиловата држава е типична феудална формација, во која нема и неможе да има каква било национална свест. Самуиоловата држава е пред се држава на македонските Словени.\n;II. Во учебникот по историја за VII клас\n1. стр. 34 - Племенскиот сојуз на словенските племиња во Македонија на чело со кнезот Пребонд, треба да се истакне како прв обид на македонските Словени за создавање на своја државна организација.\n2. Стр. 65 - Климент и Наум да се истакнат како јужнословенски просветители и писатели.\n3. Стр. 209 и 219 - Браќата Миладиновци, како и другите македонски учители и писатели, не треба да бидат третирани како преставници на бугарската просвета. Во времето на Преродбата, заедничките интереси на Бугарите и Македонците ја обусловуваат и нивната заедничка борба, насочена кон заедничкиот непријател - фанариотите. Затоа едни исти книги и весници служат како идеен израз на борбата што ја водат браќата Бугари и Македонци.\n4. Стр. 296 - 297 - Текстот даден под наслов ''Национално движење во Бугарија'' треба да се појасни во смисла дека ''македонското движење'' за ''ослободување'' на Македонија, не било оформено и организирано движење, туку појава на симапатии од страна на прогресивните средини во Бугарија спрема поробените Македонци...\n:АМ. - Фонд. Министерство за просвета на НРМ, 1947 г.", "subject": ["Историја на македонскиот народ", "Документи за македонската историја и самобитност"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D0%B8%D1%80%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B8_%D0%B2%D0%BE_%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D0%BE_%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 332, "cyrillic": 0.984}
{"id": "3815", "title": "Зборник на Миладиновци/ Малечок Јован", "text": "Стигнала је Струмница невеста,\nСтигнала је едно м'шко дете;\nГо крстиле малечок Јоана,\nС нога го љуљат со уста му пеит:\n„Нани ми, нани малечок Јоане!\nДва дни те гледаф, колку две години,\nТри дни те гледаф, колку три години.\nТи ми имаш голема нишана,\nНа чело имаш крст позлакен,\nАко бог да и сугено бидит,\nКе му земиш цару царштината!”\nЈа дочуле клетине комшии,\nЈа наклеветиле дур при царот.\nЦар ми прати до два чоадара,\nДа ми земет тоа м'шко дете.\nДва чоадара порти ми кљукват:\nИ портата им се отвори.\nСи грабнаа м'шко дете,\nГо однесоа дури при цара.\nИ цар им велит на чоадари,\n„Варлете го в атојте да г' изгазет.”\nГо варлие тие в атоите,\nА това се качи на атои!\n„Варлете го в силна вурна д' изгорит.”\nГо варлие тие в силна вурна;\nКога сутра го видоа дете,\nСкрсноѕе тоа к'де седит,\nИ ми пеит бела книга.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%BE%D0%BA_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD", "word_count": 156, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3817", "title": "Зборник на Миладиновци/ 53 песна", "text": "Та чyло ли с' разбрало\nКакво с' је чудо сторило!\nДа је за њашто, ни за што;\nВладика беда бедило,\nЧе либи булче емирче.\nИз черкови го извеле\nВ џемија го вовеле,\nСињо му џубе саблекле,\nА зелено му облекле;\nЗлатна корона свалиле,\nШарена чалма завиле,\nИ хоџата си викале\nВладика да кимбињаса (?)\nЗа пусто булче емирче.\nДето си булче стоеше,\nЗемја с' на две препукна,\nИ булче в земја пот'на;\nДета владика стоеше\nСини огњове гореха.\nКа го видјаха Турците,\nТие са турски кланеха\nИ турски са молеха.\nИ владиката са турски клањаше,\nКавурски бога молеше:\n„Стори ма боже стори ма,\nСтори ма и направи ма\nНа какво годе пиленце,\nДалеко да си захвркна\nВов Светогорски манастир,\nТа прјадна слуга да стана!”\nДе стоја господ, та слуша,\nТа си го стори направи\nНа сиво п'стро пиленце,\nТа си далеко захвркна,\nНа Светогорски манастир,\nТа прјадна слуга је станал.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_53_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3819", "title": "Зборник на Миладиновци/ Патроново покалугервење", "text": "„Патроно моме Патроно,\nПатроно пиле шарено!\nШто је ова чудо од тебе?\nК'та година крвнина,\nОва година два крва!\nШто је ова ситно плетење?\nШто је ова бела носење?\nШто је ова левен одење?”\nЈе се нажали Патроне.\nОт куки стана Патрона,\nТа си изваде рувото,\nТа си завали два огна;\nВ едниот варли рувото,\nВо други врли дарои;\nТа си отиде в Манастир.\nПатрона ли им викаше:\n„Калугерици мајчици!\nИма ли место за мене,\nИ црна раса за става?”-\n„Патроно моме Патроно,\nПатроно пиле шарено!\nИмаме место за тебе,\nИ црна раса за става;\nИмаме млади ѓачиња,\nЃачиња ке ни премамиш,\nЛицето да си погрубиш,\nКосата да си посмолиш,\nТака ти дој си в манастир.”\nИ тотај стана Патрона,\nТа си изгруби лицето,\nТа си посмоли косата.\nКога си лице грубеше,\nЖешки камења падвеа;\nКога си коса смолеше,\nКрваа роса росеше.\nТак ја примиа в манастир,\nКалугерица да бидит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9F%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D1%83%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B5%D1%9A%D0%B5", "word_count": 151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3692", "title": "Зборник на Миладиновци/ Свети Георги", "text": "Што је настан настанало\n::Во града Троема?\nТроемски Христјани они безверници,\nНе веруваат вистински господа\n::Јисуса Христоса;\nОни веруват злато и стребро,\nОт злато и от стребро господ прават,\nНи ним тими имат,\nМалечок на голем тимије си немат;\nСветец на година они не служуват,\nТемен, свеки они не си паљат.\nОт бога да најдат Троемски Христјани,\nШто се чудо учинило, брате,\n::Во града Троема,\nШто имаше седумдесет чешми,\nШто течеа студна вода;\nГоспод чудба им даде,\nВодата им пресуши.\nШто се милувале господ ги дарувал,\nПретечеа седумдесет чешми\n::Злато и стребро;\nУште толку они такам дуздисаа,\nИ на себе и на коње,\n::Што им срце сакаше.\nХарно они ми се премениа\n::Салт у злато и у стребро,\nЕла вода немат да си пиат;\nЗа вода си трпат три недели време;\nОд бога да најдат, а не веруват\n::Вистински господа Јисуса Христоса.\nГоспод пак му је грех паднало,\nПак вода им даде;\nНели се отвори во Троема града\nЕдно блато широко, езеро долбоко,\nОд Троема града три сахата место.\nНа вода господ стопан кладе\n::Сура ламја мршоједна;\nНа стопанот сечеа таин да дават\n::На ден по една малка мома.\nКаил се чиниа Троемски Христјани;\nТаин ми си дават на ден\nПо една мома, вода ми си леат.\nСе редиа они три години време;\nКак стапнаа чедверта година,\nДоредиа се сите на ред.\nДојде редот и на царот,\nТаин да си даде, вода да налеит.\nА што имаше царот една керка\n::Кајметлиа, метемиа,\nТаин си ја пушти на блато широко,\nНа таја сура Ламја.\nЕла она, брате, веруваше\n::Господа Јисуса Христоса,\nЕмен свеки она на скришно палеше,\nМетании биеше, и се крстеше,\nНели ми си појде на блато широко,\nПо крај езеро долбоко\n::Од утро в недеља.\nТам дека се шета и с'лѕи си рони,\nЧекаеки Ламја да излезе,\nТаин да си ја голтне;\nТога се здадела незнаена делија\nСо сива идица, личен свети Георги;\nДојде си крај блато при неа,\nДа си ја распита што је дошла\nНа блато широко от утро в недеља.\nА она му веле и му говоре:\n„Нел' ме питаш ке ти кажам;\nОт бога да најде мојот\n::Стар бабојко Троемскиот цар!\nОн је кадар, брате,\nИ сос пари друга да купе,\n::Таин да си пуште, и зорбалок да чинит,\nТаин да не даде;\nА ела нели не верува\n::Вистински господа,\nЈазе си верувам Јисуса Христоса,\nМене таин ме пушти\n::На сурата Ламиа,\nМене да ме голтне, таин ќе је бидам,\nВода да налеат Троемски Христјани.\nНеми по крај мене\nИ тебе дан' те голтне.”\nТога таја лична делиа\nСлезе од сива идица,\nМаздрак си удри на земја,\nВрза коња за маздрак;\nТа је веле на девојка:\n„Ел' да ти полегнам на скутот;\nТи да ме поштиш во главата моја,\nКога ќe излезе сурата Ламиа\n::На мене да кажиш.”\nЛегна и позаспа.\nИ сл'нцето бл'сна, езеро си јаче,\nЛамја ке излезе, таин да поголтне.\nКак ќе виде сурата Ламиа\n::Малката девојка\nИ лична делиа, и сива идица.\nТога веле сурата ЈIамиа:\n„Спола.ј ти, боже, на тебе!\n::Три години време\n::По една малка мома,\n::На ден еден таин;\nСега четворта година три таина.”\nНели фати малка девојка\n::Солѕе да роне,\nНели падна една жешка солѕа\n::На личен свети Георги,\nСе разбуди, и на ноѕе се најде,\nНа идиц се качи,\n::Та зеде маздрак в десна р'ка,\n::Се пушти по Ламиа,\nТа је веле и говоре:\nДо сега ти, Ламио, таин моми јаде,\nСега таин тебе м'здрак ке ти бидит.”\nНели зина таја сура Ламиа\n::Да го поголтне;\nГа ободе во клето грло,\nТа викна на таја малка девојка;\n„Ела ми отврзи зунга от тозлукот,\nТа врзи клета Ламиа;\nЗаводи ја ти, јазе ке ја терам,\nКе ја носиме во Троема\n::Жива на царските конаци.\nКа ја виде царот керка му, веле:\n„И ти удиса со магебсник Георги,\nС магии фатифте сурата Ламиа,\n::Да л'жите инсанот.”\nТога ја ритна личен свети Георги\n::На десната нога со чизмата\nНа сура Ламиа по клето срце.\nНели изб'љва триста и шеесет моми,\nШто и поголтнала на таја година,\nСите живи се фатиа на дробно\n::Хоро да играет.\nПа повторо га поритна,\nНели изб'љва триста и шеесет,\n::Ту умрени, ту живи.\nТрети п'т ја ритна,\nТа пак изб'љва триста\n::И шеесет се умрени.\nТога веле свети Георги:\n„Ајде, цару, сега ке веруваш\n::На вистинска господа?\nЕли ка' огладне таа сура Ламиа\nДа ја пушта да те поголтне\n::Со сите конаци.”\nТога царот заверува\n::Со сите Троемски Христјани.\nСе крстиха на Јисуса Христоса.\nОтворите му даде од Троема града\n::На личен свети Георги,\nТа излезе прошета низ Троема града\n::По свите чешми,\nИ удри сос м'здракот,\nПротечеа студна вода\nСите седумдесет чешми,\nДа си пијет Троемски Христјани,\n::На Христос да верват.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%93%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8", "word_count": 790, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3831", "title": "Зборник на Миладиновци/ Цар И. Шишам", "text": "Од как сја е, мила моја мајко ле, зора зазорило,\nОд тогас е, мила моја мајко ле, војска проврвјало,\nКон до коња, мила моја мајко ле, јунак до јунака;\nСабити им, мила моја мајко ле, като јасно сл'нце,\nОган свјатка, мила моја мајко ле, през гора зелена,\nВојвода им, мила моја мајко ле, сам цар Иван Шишман,\nОтговарја, мила моја мајко ле, сам цар Иван Шишман:\nБоже силни, мила моја мајко ле, боже с'здатељу,\nПомогни ни, мила моја мајко ле, сила и јунаштво!\nБој штем да сја бием, мила моја мајко ле, на Совијско поле\nКрв ште леим, мила моја мајко ле, за Христово име,\nШте прославим, мила моја мајко ле, Христјанска вјара.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A6%D0%B0%D1%80_%D0%98._%D0%A8%D0%B8%D1%88%D0%B0%D0%BC", "word_count": 115, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3813", "title": "Зборник на Миладиновци/ Сирак Јован", "text": "Постигнала сирота вдоица\nПостигнала едно м'шко дете;\nДете имат голема нишана;\nНа рамена криља позлатени.\nСи го кладе во злата лељајка,\nИ го зави во кумаш пелена,\nИ го пови со срма повоја,\nСи го леља и песма му пеит:\n„Нани ми, нани сираче Јоане!\nДа ми растиш, и да ми порастиш,\nДа ми одиш во Будина града,\nДа ми сечиш краљу негоа глава,\nДа ми бидиш краља над кралеи!”\nБог и убил комши асеџии,\nШто појдоа во Будима града,\nМу казаа на краља от Будима.\nБог го убил краља от Будима!\nШто ми пуштил до три елчии,\nМи појдоа во ceлo Ладотер,\nИ догледа сирота вдоица;\n„Ајви вие до три елчии!\nАљ сте дошле за вино, за ракија;\nЗашто мене ми се постигнало,\nПостигнало едно м'шко дете.” -\n„Ајти тебе сирота вдоице!\nНе сакаме ни вино, ни ракија,\nТук не пуштил краља од Будима,\nДа ни даиш твое м'шко дете.”\nГ' однесоа при краља од Будима,\nИ му виде криља на рамена,\nА на р'ка писмо написано,\nПисмо пеит, от' ке бидит краља,\nОт' ке бидит краља во Будима.\nБог го убил краља од Будима!\nШто го фрли во темна з'ндана.\nНа рамена та што му дојдое,\nСвета Петка на лево рамено,\nА на десното света Недеља;\nЛепо дете ми го гледае,\nИ лепо ми го книга учее.\nТога краља ми се поболило,\nШто ми лежа за три години:\nIПто ми викна попој и владици,\nДа го краља тие изповедвет.\nИ им велит краља од Будима:\n„Ништо грех ја не сум сторило,\nС'де фрлиф во темна з'ндана\nМало дете, што го постигнала,\nПостигнала сирота вдоица\nПостигнала в село Владимиро.\nДете имат голема нишана,\nНа рамена криља позлатени,\nА на р'ка писмо написано;\nПисмо пееше краља да бидит,\nКраљ да бидит во Будима града.”\nТога му велет попој и владици:\n„Ајти тебе краља от Будима!\nШто је овој грех што си сторил,\nДа је зеиш дете от вдоица\nДа му незнаит гробнина ке му је;\nБаре да се гробнина му знаит.”\nБог го убил краља од Будима!\nШто ми зборвит на Петре з'нданџиа\n„Ај собери коски от детето,\nДа и отнесиме дома при мајка му,\nДа му знаит негоа гробнина.”\nКога отвори Петре з'нданџиа,\nГлеат дете уште к'д' је живо;\nСвета Недеља на десно рамо,\nА света Петка на лево рамо,\nМу седее и книга го учие.\nМи се врати Петре з'нданџиа:\n„Ајти тебе честиту краљу!\nУште мало дете било живо!”\nСам си појде во темна з'ндана,\nИстргна сабја димишкиа,\nДа пресечит сираче Јоана.\nШто му скапна р'ка до рамена.\nТога скочи дете малечкоо:\n„Ајти тебе краља од Будима,\nШто си касмет ти голем имал\nСабја твоја глаа да пресечит.”\nМи истргна сабја димишкиа,\nМу ја пре'ече краљу добра глаа.\nСи излезе сираче Јоане,\nИ ми седна краљу на столнина.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BA_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD", "word_count": 474, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3821", "title": "Зборник на Миладиновци/ Четири ангели", "text": "Хвала, боже, за чјудо големо!\n'Сполај ти, боже, на дарбите!\nНејде шт' идем чјудо да гледами,\nЧе са збраха четири свјатии\nДа разделат више на небеси.\nПрви беше сам свети Петар,\nА второто сам свети Илија,\nА третјото сам свети Никола,\nА четверто сам Иван крстител.\nДето покрсти небо и земле,\nИ покрсти наши цар небесни,\nЧе си делат от рај божи кључи.\nЕ че иде огњана Мариа,\nИ след неја сестра Магдалена,\nЧе бегат от земја Паливјанска.\nКа ги види сам свети Илија,\nОтговарја сам свети Илија:\n„Леле варе огњана Марио,\nИ след тебе сестра Магдалена!\nОт' бегате от земја Паливјанска.”\nОтговарја огњана Марија\nНа след неја сестра Магдалена,\n„Е, сполај ти сам свети Илија,\nНали питаш, да ти некриеме;\nБог д' убие земја Паливјанска,\nТамо сја е вера разверила,\nНе почитат ни башта, ни мајќа,\nНито брата, нито мила сестра;\nБашта имат врла душманина,\nМајка имат клета робинчица,\nБрата имат като измеќара,\nСестра зимат за своја си љуба\nЕ, сполај ти, сам свети Илија!\nНе си ходат во чесни черкови\nНе сја крстат, не сја богу молат,\nНе си зимат света литургија.”\nОтговарја сам свети Илија:\n„Леле варе, огњана Марио,\nНа след тебе сестра Магдалено!\nВрнете сја вие сег' назади,\nТа идете в земја Паливјанска\nАз шта лесно земја да смира,\nДа разделим от рај божи кључи.”\nВрна си сја огњана Марија,\nНа след неја сестра Магдалена,\nТа отишле в земја Паливјанска.\nРазделиле все свети небесни\nРазделиле више на небеси.\nШто сја падна на свети Петар?\nПаднало му от рај божи кључи,\nДа отклича наши мртви души,\nДа отклича и да ги заклича.\nШто сја падна на свети Илиа?\nПаднаха му летните облаци\nИ летните грмотјавици.\nШто сја падна на свети Никола?\nПадна му сја по море гемии,\nПо морето по д'лбоки води;\nКои мине да си сја прекрсти,\nДа сја моли на свети Никола,\nТа повече на свети Илија.\nШто сја падна на Иван крстител?\nПадна му сја кумство, побратимство.\nКа си узе сам свети Илија\nМ'гли, облаци, грмотјавици,\nГи затвори во черното море,\nЧе не даде во земја Паливјанска\nНе даде три годин д'жд да вали.\nИспука сја земја Паливјанска\nСедемдесе педи на доле,\nИ јунаци с коне пропаднаха,\nНо сја богу оште не предават,\nЧе не ходат во чесна черкова.\nТој им даде седемдесе болки,\nТа лежале три години време;\nИ страшна сја коса пораснала,\nИз косата змии пораснале.\nТогава сја на бога предали;\nТа си зеле кои тојагичка,\nТа си зеле кои патеричка,\nТа отваждат во чесната црква,\nСи сја крстат и богу сја молат,\nЧе си земат чесна литургија,\nИ отговарја свети Илија:\n„Леле варе, огњана Марио,\nИ след неа сестра Магдалена!\nВидите ли че смирих земја\nЧе смирих земја Паливјанска?”\nОтговарја огњана Марија\nНа след неја сестра Магдалена:\n„Е сполај ти, сам свети Илија!\nТебе господ да обича.”\nИ тогава сам свети Илија\nИм даде ситна љатна роса,\nЧе си роди земја Палестинска.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8_%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8", "word_count": 484, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3823", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марково исповедвање", "text": "Поболил се Марка Кралевике,\nШто си лежал токму три години,\nОт ништо си иљач не наожал.\nИ му рече негва стара мајка:\n„Ајти Марко, ајти синко миле!\nНе си болен, синко, от господа,\nТук си болен, синко, от греои,\nДа ти викна попој, дуовници,\nЛепо да се синко изповедвиш,\nДа си кажиш твоите греои.”\nШто си викна до девет попои,\nИ попои Марко-му велее:\n„Кажи, Марко, твоите греои!”\nТога вели Марко Кралевике:\n„А егиди попој, дуовници!\nЈа си има големи греои;\nНа праина луѓе сум загубил,\nМногу мајки ја сум си изгорил;\nАма еден греф с' имам најголем.\nКога појдов во Арапска земја\nСе биефме со црни Арапи,\nАрапите беа покотии,\nМие тие си и наделифме.\nБог је убил една стара баба,\nШто голема марифет им каза;\nИзвадое нивни остри сабји,\nИ поземи ни и наредие,\nИсеквее о'т коњи китици,\n'Сем јунаци живи не фатие,\nНе фрлие во темна з'ндана.\nКој си умре, кого го пуштие;\nЈа си лежаф за девет години,\nЈа не знаеф, ни лето, ни зима.\nЦар имаше една мила керка,\nМила керка Арапска девојка;\nКога беше лете со цвекина,\nМи даваше п' една киска цвеке,\nМи велеше Арапска девојка:\n„На ти Марко и ти да разбериш,\nОт' је сега лето со цвекиња!”\nКога беше зима со снегои,\nМи дааше грутка снегоита:\n„На ти Марко сега да разбериш,\nОт' је сега зима со снегои.”\nСе почудиф тога што да чина,\nКак' д' излезам от темна з'ндана.\nЈе измамиф Арапска девојка:\n„Извади ме Арапске девојке!\nИзвади ме от темна з'ндана,\nКе те земам за млада невеста.”\nСе измами Арапска девојка,\nМе изваде от темна з'ндана,\nКога беше царот на лоење,\nНа лоење во гopa зелена;\nТа си зеде до три добри коњи,\nИ си зеде три тоари азно.\nСи ја качиф зад себе на коња;\nПобегнафме во Прилепско поле.\nСе застоиф на крај бела чешма,\nДа пиеме една студна вода.\nСе опулиф в Арапска девојка,\nКога видоф пусто лице црно,\nЛице црно, пусти з'би бели,\nИ ми дојде грозно и неарно;\nТргнаф сабја је пресекоф глаа.\nТие ми се големи греои.\nКешке неа да је не загубеф,\nДо донесеф во мојава куќа,\nПри мојава стара мила мајка,\nДа је држеф како мила сестра,\nКе је најдеф другар спроти неа,\nДа не стореф големи греои.\nЈа не знаеф во темна з'ндана,\nНи кога ми с'нце угрјевјаше,\nНито с'нце, нито месечина,\nЈас не знаеф, ни зима, ни лето;\nТаја мене дома ме донесе,\nА ја неа на п'т је загубиф.\nТие ми се моите греои.”\nСи станае деветте попои,\nМу пеае свети вангелиа,\nМу пеае простени молитви,\nГо пеае три дни и три ноке;\nГо фатило Марко сон да спиет.\nКога от сон ми се разбудило,\nМалу стана колку да си седнит;\nПо малу си Марко оздраило.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE_%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 468, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3870", "title": "Зборник на Миладиновци/ Цар и царица", "text": "Заспала ми је царица\nЦарју на десно кољано,\nЦар си царица будеше:\n„Ја стани, либе царице!\nЧе божек тропа на порти,\nТа стани да го подариш.”\nА царица му думаче:\n„Царју ле, господарју ле!\nОти ма сега сабуди,\nКакво ли гледах на с'не!\nГледах го не догледах гo:\nСл'нце на земја падн'ло\nИ по сл'нце-то месеца,\nИ по месеца звездите.”\nЦар си царици думаше:\n„Либе хубава царице!\nНам това не је на добро.\nСл'нцето ни је царството,\nЗвездите ни је аскера,\nМесеца сме ние сос тебе.”\nТако с' това думале,\nОште го не издумале,\nТо тежак аскер дофтаса,\nТа си са царја фан'ле,\nТ'а го са на кон качиле,\nНазат му р'це врзаха,\nПод kон му нозе коваха.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A6%D0%B0%D1%80_%D0%B8_%D1%86%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 127, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3868", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан", "text": "Маре Стоене, Стоене,\nСтоене един у мајќа!\nСтојану госте додоха\nДевет сестрици кралици,\nДесета сестра царица;\nДонесе м'шко детенце,\nМ'шко и дете врлаче,\nВрлаче врло душманче,\nКа ревна, веке не м'лкна,\nА вода нема ни капка.\nДават му вино, то неште;\nНо като вика „водица,\nВодица,ујчо водица!”\nСтојан је јузел две стовни,\nТа је на вода отишал\nНа Самодивско езеро.\nТамо завари три жени\nТри жени, три Самодиви,\nЧе са в езеро миеха,\nМ'шки си дјаца к'пеха.\nКато видјаха млад Стојан,\nТри жени кажат Стојану:\n„Маре Стоене, Стоене!\nТа што та носат тадјава,\nОште петлите не пеле.\nИди си дома, Стоене,\nMajќa ти да те лекува.”\nДо де петлите пропјаха,\nДоде да с' иде млат Стојан,\nДва п'ти петли пропјаха,\nКлета го глава бл'сн'ло,\nЈbута го треска растресло,\nТа легна Стојан, та јумре.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD", "word_count": 142, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3872", "title": "Зборник на Миладиновци/ Цар и сокол", "text": "Завил са је сив бјал сокол\nНа царови равни двори,\nСега три дни ка са вие,\nни с' вдига, ни с' слага.\nГледаха го царовите\nЦаровите чохадаре,\nТа си царју одговарјат:\n„Ејти царју честити!\nЗавил сја е сив бјал сокол\nНа твоите равни дворје,\nСега три дни ка са вие,\nНи с' вдига, ни с' слага.”\nИ цар си им одговарја;\n„Ја хврлете ситна мрјажа,\nСитна мрјажа со ченгеле!”\nПаслушаха чохадаре,\nТа хварлиха ситна мрјажа,\nСакол хврчи ошт' на горе,\nОште горе над мрјажата.\nИзвил са е сив бел сокол,\nПадна царју на кољано,\nСе е излегло да гледа;\nТа си падна бјало книже,\nИз книжето ситно писмо,\nИ цар си им одговарја:\n„Еј царови чохадаре!\nЈа викајте поп Никола,\nДа расчете бело книже,\nТа да види што е в книже,\nШто е в книже написано.”\nИ викаха поп Никола,\nКниже чете сл'зи рони,\nТа на царју одговарја:\n„Еј та царју ле честити!\nЕ' ми глава, е' ти сабља!\nАзе три дни да попувам,\nА ти три дни да царуваш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A6%D0%B0%D1%80_%D0%B8_%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB", "word_count": 171, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3835", "title": "Зборник на Миладиновци/ Секула детенце и Алтан Ѕвезда", "text": "Коња коит Јанкула Војвода,\nКоња коит рано во недеља,\nПлочи клаат от карагрошеи,\nКлинци клаат срма прецедена,\nЧетир' ноѕе четири хиљади.\nГо догледа Секула мило мнуче,\nГо доглеа и лепо говорит:\n„А егиди мој вујко Јанкула!\nШто те тебе нужба дотерала,\nКоња коаш рано во недеља,\nПлочи клааш од карагрошеи,\nКлинци клааш срма процедена,\nЧетир' ноѕе четири хиљади!” –\n„Егиди Секула мило мнуче!\nЈас ке одам на мојот виљает\nЗа тва коам коња арџелио.” –\n„А егиди мои мили вујко!\nЈас ке ти се тебе милно моља,\nДа ме земаш на твојот виљает,\nТвој вилеет земја Арбанешка,\nЗа да видам што унер чините!”\nИ говори вујко му Јанкула:\n„Егиди Секула мило мнуче!\nЈас ке појдам на ден Велипеток,\nТамо игрет до три вити ора;\nПрво оро се добри јунаци,\nА второто се млади невести,\nА треќото се добри девојки;\nНапред играт Ѕвезда Алтан - ѕвезда,\nА до неа Цвета Арбанешка;\nЅвезда држит златена маштрапа,\nПолна, рамна со вода студена;\nКој посаквит све вода му дават.”\nПак се молит Секула Детенце:\n„Да ме земиш мој вујко Јанкула!”\n„Јас те земам Секула Детенце,\nДан' ми крениш голема страмота!”-\n„А егиди мој вујко Јанкула!\nАк' ти крена голема страмота,\nКога назод дома ке си ода,\nКе помина на мој војни копје,\nДа се удра в мое бело срце!”\nГо заверва вујко му Јанкула,\nСи го зеде на свои вилеет,\nСи појдое на ден Велипеток.\nТам' најдое до три вити ора;\nПрво оро се добри јунаци,\nА второто се млади неести,\nА треќото се добри девојки.\nНапред ми је Ѕвезда Алтан - ѕвезда,\nА до неа Цвета Арбанешка,\nЅвезда држит златена маштрапа,\nПолна, рамна со вода студена.\nТог' с' излуди Секула Детенце,\nЈе посака та вода студена,\nЈе посака на Ѕвезд' Алтан - ѕвезда,\nЈе посака и вода му даде.\nБог го убил Секула Детенце!\nНе је фати за златна маштрапа,\nТук је фати за р'ка десница,\nТа је фарли на коња зад себе;\nДупна коња по гора да бегат.\nСи помина крај свој војни копје,\nТа се удри в свое бело срце.\nТога велит Секула Детенце:\n„А егиди убаа девојко!\nИзвикај Ерина Самовила,\nТаја ми је верна посестрима,\nТаја знаит билки чемерлики,\nКе ми оздрајт мое бело срце!”\nИ говорит убаа девојка:\n„А егиди незнаен делиа\nИ да викнам мене не познаат,\nНе познаат мене по гласои;\nСамо викни тебе ке познајт.”\nСамо викна Секула Детенце:\n„Ајде, ајде Epино Самовило,\nАјде, ајде моја посестримо!\nОт' си паднаф на мој војни копје,\nТа се удриф в мое бело срце;\nДонеси ми билки чемерлики!”\nУште зборот не ми го дорече,\nВчас ми дојде Ерина Самовила,\nМу донесе билки чемерлики,\nИ назоли нему бело срце.\nВчас ми стана на нога јуначка,\nСи се качи на коња брзего,\nИ си качи убаа нееста,\nСи отиде тога дури дома,\nТа си појде на свој вити порти,\nНе чекаше мајка да извикнит,\nПреку беден со коња прескочи;\nВо дворои нееста је сметна.\nТога викат на својата мајка:\n„Слези, слези моја мила мајко!\nСлез' да видиш чудо и големо!\nСи донесоф убаа нееста,\nТеб' одмена а мене постеља.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B5_%D0%B8_%D0%90%D0%BB%D1%82%D0%B0%D0%BD_%D0%85%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B0", "word_count": 504, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3811", "title": "Орохидрографија на Македонија", "text": "1 1. Местоположба, граници, вид и големина\nМакедонија е важна област во Балканскиот полуостров и ја опфаќа јужната половина од неговиот средишен дел. Таа се простира меѓу областите Тракија, Бугарија, Стара-Србија, Албанија и Тесалија и на тој начин е поставена во остар судир со главните народности на полуостровот; затоа уште од старо време добила големо значење, кое го има и до денешен ден.\nНе можат да се дадат точни граници на областа Македонија, зашто таа не е заклучена во некои строго одредени географски предели, ниту пак е административно одвоена од другите области. Само во етнографска смисла Македонија има поопределени граници, зашто бугарското племе е населено по целата област и ретко излегува од нејзините граници. Областите на север, на запад и на југ од Македонија имаат предимно друго население. При определувањето на границите ние ќе се раководиме главно од општото самоопределување на месното население и од определувањето кое го даваат највештите нови патешественици.\nМесните Бугари и Куцовласи, кои живеат во пределите на Македонија, самите себе се нарекуваат Македонци, и околните народи ги нарекуваат така. Турците и Арнаутите не се нарекуваат Македонци, но запрашани од каде се, одговараат: од Македонија. Арнаутите од северниот и северозападниот дел на областа, кои својата татковина ја нарекуваат Арнаутлук, а исто така и Грците, кои живеат во јужните области, не се нарекуваат себеси Македонци, па затоа границите во тие места, според народното самоопределување, не се јасно одредени.\nИсточната граница на Македонија се поклопува во главни црти со границата на Солунскиот вилает. Започнува од устието на река Места и врви по нејзиното течение северно се’ до селото Бук, каде што јужномакедонската железничка линија ја поминува реката Места и влегува во Тракија. Северно од Бук започнува родопско помашката област Чеч, која е поставена меѓу Тракија и Македонија, и низ неа не може да се одреди точно граница меѓу тие две големи области. На север од Чеч како источна граница се смета Родопскиот планински венец, почнувајќи од врвот Крушово и следејќи ја вододелницата се’ до Рила. Тука грамадниот колос Мусала стои на границата меѓу трите бугарски области на полуостровот: Бугарија, Тракија и Македонија.\nОд Мусала започнува северната граница на Македонија која се движи по Рила и Осогово до врвот Патерица и е едновремено граница меѓу Кнежевството Бугарија и Турција. Во постаро време и Ќустендилското поле, заедно со коритото на Струма се сметало за дел од Македонија. И во црковна смисла Ќустендилското поле било поврзано со Македонија, зашто целите кази на Штип, Малеш и Кочани биле делови од Ќустендилската Епархија.\nВрвот Патерица стои на средината межу Кнежевството Бугарија, Турција и Србија. Од него границата на Македонија продолжува кон запад по вододелната висорамнина меѓу коритото на Вардар и на реката бугарска Морава, се’ до планината Скопска Црна Гора, и после го следи сртот се до Качаничката клисура.\nВо постаро време како дел од Македонија се сметала и областа околу долното течение на реката бугарска Морава со градовите Гилјани и Врања. Сега Врања, откако стана дел од српското кралство, не се брои за македонски град, а пак Гилјани со околината е присоединет и црковно и административно кон Призрен, и исто така не се брои за македонско место, иако етнографски припаѓа на скопскиот крај, а според тоа и на Македонија.\nОд другата страна на Качаник високата Шар планина ја дели Македонија од Стара Србија во целиот тек на планинскиот венец, кој завршува до реката Црн Дрим, северно од градот Дебар. На тоа место околу долината на реката Црн Дрим и нејзината притока Радика се простира месноста Дебарца, населена од Бугари и Албанци. Ние ја сметаме за дел од Македонија, а исто така и месното бугарско население, кое е мнозинство, ја смета за дел од Македонија.\nНа запад Македонија се одвојува од Албанија со планински венец кој врви на југ покрај Црн Дрим и Охридското езеро, опфаќајќи го целото негово корито; а потоа границата на Македонија го опфаќа и коритото на Преспанското езеро, следеќи ја вододелницата меѓу реката Девол, која се влива во Јадранското море и реката Бистрица, која се влива во Белото море, и ја достига високата Грамос планина. По на југ целото корито на Бистрица се смета за дел од Македонија.\nОд јужната страна Македонија се одделува од Тесалија со вододелната планина, која го одделува коритото на Бистрица од коритото на тесалиската река Сапаторија. Потоа следува Белото море до устието на реката Места.\nВо тие предели Македонија има околу 60 илјади квадратни километри. Таа личи на неправилен четириаголник од кој најголеимот дел лежи меѓу 40 и 42 степен северна географска ширина, и меѓу 39 и 43 степен источна географска должина според Гринич. Најисточната точка на земјата е устието на реката Места, најзападната точка е градот Дебар, најсеверната кај прешевската висорамнина над градот Куманово, а најјужната кај големиот завој на реката Бистрица, каде што таа образува лак кој се извива накај коритото на Белото море.\nОд беломорските острови само Тасос припаѓа на областа Македонија.\nbg:Орохидрография на Македония\nen:Orohydrography of Macedonia", "subject": ["Историја на македонскиот народ", "Бугарски книги", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%80%D0%BE%D1%85%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 809, "cyrillic": 0.994}
{"id": "3874", "title": "Зборник на Миладиновци/ 66 песна", "text": "Заиграла е донанма\nУ Цариграда голема;\nСе е излезло да гледа;\nИзлела е и Марија,\nНа р'це царче изнела.\nЗагледала се Марија\nУ таја пуста донанма;\nОкр'н'ло са царчето.\nЦарицата и говори:\n„Мариа, царче да најдеш,\nИл' ти отрезвам р'цете,\nИ ти очите извртам.”\nИ Марија и говори:\n„Царица, млада глупава!\nНемој ми врте очите,\nНемој ми сече р'цете,\nНало ми обричи косата,\nТа ме отлична остави,\nТа од град на град да ходим,\nИ да ти тражим царчето.”\nИ царицата послуша,\nТа и обриче косата.\nПа от град на град ходила\nЗаиграла е донанма\nУ Будин града голема,\nИ Мариа е отишла.\nИзлезли с' Будинци\nБудинци стари кметове,\nИзнели царче на р'це.\nМарија царче познала\nПознала и го в'зела,\nПа на Будинци говори:\n„Будинци стари кметове!\nДали на цара да кажем?”\nИ Будинци и говорјат:\n„Недеј на царја не кажеш!\nЕто ти тјашко имање,\nВеке шо можеш да дигнеш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_66_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 157, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3825", "title": "Зборник на Миладиновци/ Станковиќ Дуко се исповедвит", "text": "Болен лежит Станковике Дуко,\nБолен лежит за девет години,\nИскинал ми до девет постели,\nПо постели до девет перници.\nСе разигра она слано море,\nСитен ветар от четири ст'рни.\nБран се дига више до небеси,\nОт дно морско с' виде до пеколи,\nСе разигра она слано море,\nКе потопит лишан Света Гора,\nМанастира лепи Хилиндара.\nИзговоре Сава игумене\nНа оние триста калугери:\n„Ељ чуете триста калугери!\nКе ви речам една нуждна реча,\nСоблечите свила и кадифе,\nОблечите руво калугерско,\nНа главите капи камилафки\nПод мишките стакли позлакени,\nНа гушите златни петрахили,\nОблечите златните одежди,\nОблечите на ваши грбиње,\nНа р'цете златни нар'квици,\nТа земите книги вангелии,\nДа с' крстиме, да богу се молиме,\nБељки нешто господ ке поможе.”\nПа се мољат богу со се душа,\nА поике море се разигра.\nИзговоре Сава Игумене\nНа оние триста калугери:\n„Ељ чуете триста калугери!\nАј д' оиме во темна килиа,\nБолен лежит Станковике Дуко\nЈуш него ја да го исповедам,\nЈа ке умри, ја от бога ке с' прости.”\nНапред одат триста калугери,\nИ по ними Сава игумена,\nПа ми оде у темна килиа.\nИзговоре Сава игумена\nНа онего Станковиќа Дука:\n„Сине мои Станковиќе Дуко!\nКажи, сине, што си погрешило?\nБолен лежиш за девет години,\nСи искинал до девет постели,\nПо постели до девет перници,\nИз коските трева изникнало,\nИз тревата љути змии лазат,\nС очи гледаш, со р'це не фаќаш!”\nИзговоре Станковике Дуко\nНа онего Сава игумена:\n„Ако можи за правда да биде\nСве ќа кажа мои греховите.”\n„Кажи, сине, што греои имаш?”\nИзговори Станковике Дуко\nНа онега Сава игумена:\n„Ели можиш за правда да бидиш,\nКе си кажам мои греховите:\nНишто не сум богу погрешило\nЗаљубиф три млади свети Јоана,\nСи изгореф три трла јаганца.” –\n„Друго што си богу погрешило?” -\n„Оган дадоф на три амбара жито.” –\n„Друго што си богу погрешило?” –\n„Па си обраф девет манастира.” -\n„За манастир господ ке те просте.\nИ от другите г'би грехои\nГ'би грехои се проштаваш;\nА за трите свети Јованите\nА за трите бог не те проштават.\nКе те праша праву да ми кажиш,\nДруго уште што си погрешило?”\nПроговоре Станковике Дуко\nНа онего стара игумена:\n„Ме насили еден силен ѓаол\nПа си станаф во света недеља,\nПа си зедоф коњи и соколи,\nПо соколи хрти и з'г'ри,\nКе си одеф по гора по лова;\nИ стрети ме моја стара мајка,\nВ р'це носе две бели проскуре,\nСи служеше светега Георѓа,\n'И носеше в црква за наора.\nМе насили еден силен ѓаол,\nИ си слегвам от коња на земја,\nИ си отмаф две бели проскури\nОт мојата мила стара мајка,\n'И раскаршиф на хрти, з'г'ри.\nХрти јадат, з'г'ри не јадат.\nТога мене мајка ме прок'лна:\n„Сине мои Станковике Дуко!\nБолен да лежиш за девет годин'\nДа искиниш до девет постели,\nПо постели до девет перници.”\nПа ја фатиф моја стара мајка,\nПа ја кренаф по више от мене,\nИ ја удриф от та црна земја.\nТоа сум си богу погрешило.”\nПроговоре Сава игумена\nНа оние триста калугери:\n„Да земите еден, лесен камен,\nЛесен камен што да ми тежит\nДа ми тежит дур до триста ока,\nДа врзите Станковик на грло,\nВарлете го Станка во морето,\nДан' ке го Станка море приими.”\nПа што беа триста калугери!\nВрзаа му тои лесен камен,\nШто да тежит дур' до триста oка.\nГо варлие Станка во морето.\nA морето Станка не го прибра,\nA морето биле си пабегна\nСе потргна до четириесет\nЧетириесет и чeтири чекори.\nКога oдат Рисјани на закон,\nКога ми oдат на ден Петровден,\nДо денеска с каменот је скамен.\nИ от тогај поатдамна било,\nКој ке грешит негоје миле роде,\nКој ке греше на милата сестра,\nКој ке грешит негое мило роде,\nНикој п'т грех немат проштаање.-\nШто да слушат све весело било,\nИ от бога повелико здравје.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C_%D0%94%D1%83%D0%BA%D0%BE_%D1%81%D0%B5_%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D1%82", "word_count": 638, "cyrillic": 0.997}
{"id": "3833", "title": "Зборник на Миладиновци/ Дете малечково и ламиа", "text": "С'нце и месец ми се облогвее –\n„А егиди јасна месечино!\nОбев еднош мие д' угреиме,\nОбев еднош мие да зајдиме.”\nС'нце угреа рано на утрина\nОт утрина до ручега дојде,\nТога угреа јасна месечина.\n„Чекај, чекај с'нце неверниче!\nАли вака вера си држало,\nОбев еднош ке си угреиме,\nИ пак обев ке си зајдиме!”\nИ говори она лепо с'нце:\n„А етиди јасна месечино!\nНе се греит мори на пладнина,\nТук се греит мори на утрина!”\nИ говори јасна месечина:\n„А егиди с'нце неверниче!\nНе угреаф рано на утрина,\nЗашт' си гљааф голема унера!\nЗбила ми се млада вдоичица,\nДа постигна она м'шко дете;\nСедум баби што ми ја бабие,\nОдвај ми го дете постигнала.\nКога дете oт мајка се роди,\nМи се роди и в час ми зазборва:\n„А егиди моја мила мајка!\nПови ме во кумаш пелена,\nТа стегни ме со срмени повој,\nОстаиме три дни и три ноќе\nОстаиме малу да поспиа.”\nКак је рече мајка така стори;\nНа трите дни дете се разбуди;\nИ говори дете малечкоо:\n„А егиди мајко, мила мајко!\nАли имаш таткоа брза коња,\nАли имаш таткоо оружје?”\nИ му вели негва мила мајка:\n„А егиди мои мили синко!\nТаткоа ти брза коња имам,\nИ оружје таткоо ти имам.” –\n„Али имаш таткоо бело рубо?” -\n„Имам, синко, таткоо ти рубо.” -\nÂАко имаш рубо извади ми!”\nСи отвори свои шарен ковчег,\nМу извај таткоо бело рубо,\nСе промена, лепо се наружи,\nМу изваи таткоо оружје,\nМу изваи коња певлиана;\nСи излезе од витите порти,\nНе се кажвит дете к' де к' одит.\nДете одит у свој мили вујко,\nДете одит у вујка си Јанкула.\nВујко чини свадба три месеци,\nСвадба чинит, а ниет си немат,\nЗа да одит п' убаа нееста;\nГо страф д' одит п' убаа нееста;\nБог је убил кучкана Ламиа\nМи паднала на рамни п'тишта,\nШто поминвит куртулиа немат.\nКога појде дете во дворои,\nСи разигра коња певлиана\nТук се вртит околу сватои\nТук се вртит с голема љутина: -\n„А етиди китени сватои\nДа ти кажиме чудо големо;\nЕво имат три месеци дана\nК'е јадите и к'де пиете,\nНе оите п' убаа нееста!” -\n„А егиди дете малечкоо,\nБог је убил кучкана Ламиа,\nМи паднала на рамни п'тишта,\nШто поминвит куртилиа немат;\nСтрав имаме д' ојме по нееста.” –\nСтан'те, стан'те, по мене идете,\nЈас ке ода напред пред сватои!”\nСи станаа китени сватои,\nКинисае д' одет по нееста;\nДете одит напред пред сватои,\nСватој одет по малечко дете.\nПрибизае крај кучка Ламиа,\nТука ми и сватои застои.\nТог' истаи ж'лта боздогана,\nМи истаи сабја димишкиа,\nСо сабиа по грло ја сече,\nСо боздоган по срце ја парит.\nШто ке видит чудо и големо!\nВ бело срце три рала сватои,\nПо сватои три млада зетеи,\nДо зетеи три млади нееста;\nСите ми се чудо зачудие.\nОтидое п' убаа нееста,\nВо дворје је злата јаболшница.\nЈадет, пијет, нееста земает.\nЈаболшница дете ја откорна,\nШто рожаше три злати јаболка.\nСи киниса напред пред сватои,\nСи отиде в дворје Јанкулои,\nШто го гледат, се чудо се чудит,\nЈунаштина што дете сторило.\nСи дојдое сватој со нееста;\nТога ворит дете малечкоо:\n„А егиди мои мили вујко!\nЕво имат три месеци дана,\nКак јадофте, пиефте за свадбата;\nАјде сега дома си сватои.\nДа јадиме моето крштење!”\nСе зачуди вујко му Јанкула,\nИ си зеде китени сватои,\nСи отаде у свое мило мнуче,\nИ крштење јадет три недели.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE_%D0%B8_%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%B0", "word_count": 570, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3884", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стефан и Дели Магдалена", "text": "Зажени се Стефан харен јунак,\nТа заиска дели Магдалена;\nМагдалена плаче, та го не ште, -\n„Не шта, мамо, Стефан харен јунак,\nЧе с'м азе појунак од него.”\nМајчица си Магделена дума:\n„Ја си земи Стефан харен јунак,\nКога б'де Стефану свадбата,\nТи са стори премлада умрјала,\nАз да викна, та да та оплача.”\nПослуша ја дели Магдалена,\nТа е зела Стефан харен јунак.\nКога било Стефану свадбата,\nСи калеса Стефан харен Óнак\nСто кумове, сто старисватове,\nИ два мина премлади девере.\nПремени ги Стефан харен Óнак\nКумовете вов алено,\nДеверете вов зелено,\nСватовете вов шарено,\nСам си Стефан вов златено.\nТргн'ла свадба гољама,\nКон до кон, кола до кола,\nСами Стефан вов талига,\nСестра му Рада при него.\nИскачи се дели Магдалена,\nИскачи се на високи чардак,\nТа погледа от џамлиј пенџера,\nТа си виде Стефан харен јунак,\nЧе си иде с'с гољама свадба,\nТа са стори премлада умрјала;\nА мајка и' викнала да плаче:\nÂСтани, стани дели Магдалено!\nТа да видиш Стефан харен Óнак,\nИ да видиш Стефану свадбата,\nСе кумове и старисватове,\nИ два мина премлади девере.”\nПа отиде Стефан харен јунак,\nИскачи се на високи чардак,\nТа си виде дели Магдалена,\nНа девере тихом отговарја:\n„Еви вазе два мина девере!\nЈа идете на Стара планина,\nДонесете ледове, сњагове,\nДа и турим на клетото срце,\nАко б'де премлада умрјала,\nНе ште трепне ни с р'ка, ни с нога;\nАко б'де кастен учинила,\nТја ште трепне ја с р'ка, ја с нога.”\nПослушаха два мина девере,\nОтидоха на Стара планина,\nДонесоха ледове, сњагове,\nТуриха и на клетото срце;\nТја не трепна ни с р'ка, ни с нога.\nОтговарја Стефан харен јунак:\n„Е' ви вазе два мина девере!\nЈа идете на врла грмада,\nТа фанете замја осојница,\nДа и турим на клетото срце;\nАко б'де премлада умрјала,\nНе ште трепне ни с р'ка, ни. с нога;\nАко б'де кастен учинила,\nТја ште трепне ја с р'ка, ја с нога.”\nПослушаха два мина девере,\nДонесоха замја осојница,\nТуриха и на клетото срце;\nТја не трепна ни с р'ка, ни с нога.\nПа се врна Стефан харен јунак,\nВрна си са с'с гољама свадба.\nА си стана дели Магдалена,\nТа погледна од џамлиј пенџери,\nНа Стефана тихо отговарја.\n„Ета тебе Стефан харен Óнак!\nТи си јунак, ас појунак от теб'.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 393, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3882", "title": "Зборник на Миладиновци/ Митре и Стефан и Ѓорги Арнауче", "text": "Седнале ми две јатарви млади\nСеднале ми на високи диван,\nПодфарлеет златоно јаболко;\nЕдна фарљат, друга го дочеквит.\nИ догледал Ѓорѓи Арнауче,\nКак догледал убави невести,\nИшкил нему му је останало.\nПријателство што ми не знаело.\nБог гo убил Ѓорги Арнауче!\nШто пособрал се одбрана војска,\nДа ми грабит лична Митреица,\nДа ми грабит лична Стефоица.\nТога ми се две јатарви пулет\nОт бедени високи чардаци,\nШто да видет чудо и големо,\nК'де војска обколила ними!\nТога јунак Митре и Стефана\nСон и сварил и заспале двата. –\nТога велет две јатарви млади:\nКако да и от сон разбудвеет.\nТога велит ашик Митреица:\n„Ајти тебе млада Стефоице!\nАј скорни го Митре љубов моја,\nЈас ке скорна Стефа љубов твоја;\nТук' задскри се зад мармор дирека,\nОти Митре ми је луничао,\nДан' те тебе со сабја посечит.\nТа ми појде млада Стефоица,\nИ се задскри зад мрамор дирека,\nЛекум него млада го скориват.\nКога от сон стана ашик Митре,\nТргна Митре сабја дипленица,\nИ ми удри мрамора дирека.\nТог' говорит млада Стефоица:\n„Ајти тебе Митре девер мои!\nЗаизлези сега до надвора,\nДа ми видиш војска обколила,\nКоњ до коња, јунак до јунака,\nА бајраци како борје горски.”\nТога стана јунак от јунака,\nКога виде чудо и големо\nСи затвори порти челикои.\nА све село војска нап'лнато.\nИ станаа до два браќа мили,\nОблекоа панѕурли кошули,\nСи кладое штици челикои,\nСи кладое сабји дипленици,\nМи јавнае нихни брзи коњи,\nИ зедое крстетни бајраци,\nОтворие порти челикои\nИзлегое надвор до надвора.\nТога велет на млада невести:\n„Ајви вие наши први љуби!\nДур гледате крстетни бајраци,\nВие брига ич да ни немате!”\nТога веке с' отделиле млади;\nС' истргнале онје остри сабји,\nСе удриа два јунака млада\nС тие триста одбрани јунаци,\nТа посекле триста мина силни,\nСве посекле два јунаци добри,\nНапраиле крвца до колена.\nОт што с крвца ми се измачкале,\nДо два браќа не ми се познале,\nТуку обе што си се грабнале,\nДа се биет с онје остри сабји,\nАма никој надглас не ми могле.\nА две љуби от бедени гледат,\nСо трчање надвор искочие,\nИ со гласје жално ми викале:\n„Ашик Митре, и ашик Стефане\nВие сте ми два браќа рогени!”\nМитреица Митрета фатила,\nСтефоица Стефана фатила;\nИ фатиле и љубов нагушкале.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%83%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8_%D0%90%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%87%D0%B5", "word_count": 374, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3829", "title": "Зборник на Миладиновци/ Краљ Шишман, краљ Латин и овчар Табарина", "text": "Посвршил се краља Шишманина,\nСе посврши от краља Латинина.\nБог го уби краља Латинина,\nКога ми је не'ста посвршило,\nГолем каул тои ми врзало:\n„Ако земаш твоите мнукои\nТвој мнукои, војној синои,\nКе се вратиш назод без нееста;\nОти ми се на кавга кавгаџии,\nА на вино ми се пијаници,\nА на сабја ми се кесеџии.”\nТога велит краља Шишманина:\n„Не и земам, туку да ми даиш\nДа ми даиш убаа нееста.”\nЈе посврши убаа нееста.\nДојде коа, дојде лепо време.\nДа ми канит китени сватои,\nДојде коа,дојде лепо време,\nПоканило от крај до крај земја;\nА негоите мнукои не канил.\nТие ми се мошне наљутиле,\nИ ворет на своја стара мајка:\n„Ајти мајко, стара мајчице!\nЗашто вујко на свадба не канит?\nГолем пештеш ја ке му однесеф\nКе му носеф триста кила чејнца,\nДругиот триста тоари грозје,\nНајмалиот триста руди овци!” -\n„Ајви синкој, ај мили синои!\nАко вие ми имате атар,\nДа оите на зорум по сватој\nАк' на свадба вујко не ве кани.\nБог го уби краља Латинина!\nКога сврши убаа нееста,\nКаул стори вас да ве не земат,\nЗа да пострамотит ваши вујко.” –\n„Ајти мајко, ајти мила мајка!\nКога знаиш оти сме најјунак,\nНего пушти на зорум по сватој!”\nТог' им велит нивна стара мајка:\n„Ајви вие мој мили синои!\nНа вас атар да не ви останит,\nОти Мирче најмал је појунак.\nКога ојдоф во зелена гора,\nКога ојдоф ручег да му носам,\nСи го најдоф под евла заспано;\nКога Мирче душа поземаше,\nВрвоите ми и убораше;\nКога Мирче душа подааше,\nВрвоите ми и исправаше;\nПо тва знаам, оти Мирче је појунак.”-\n„Ајти мајко, ајти стара мајка!\nКако Мирче да го донесиме?” –\n„Ајви синој, мои мили синој!\nНапишите една бела книга,\nПуштите ја с пиле соколоо; -\nКако знаиш в дворје да се наиш,\nОти мајка ни је з' умирање,\nАљ ке ја наиш жива, али не.”\nНаписае таа бела книга:\n„Кака знаиш, Мирче, наши брате,\nКака знаиш брго да си доиш,\nОти ни је мајка мошне болна,\nАљ ке ја наиш жива, али не.”\nНаписале книга и пуштиле,\nЈа пуштиле с пиле соколоо.\nМи однесе пиле соколооу,\nЈа однесе во гора зелена,\nЈа даде на Мирче помалечек.\nКога книга Мирче ја пеало,\nМирче ми се c'лѕи заронило;\nКако ми ја книга отпеало,\nТака Мирче стадо ми турило\nСи турило девет стада овци,\nИ пред пиле се нашло во дворје.\nИ ми најде негва стара мајка,\nК'де седит на диван високи. –\n„Бог те убил моја стара мајка!\nШто ми пушти грдине абери,\nШто ми пушти во гора зелена,\nДа си турам стадо неброено!”\n„Ајти синко, Мирче помалечек!\nЖити бога, Мирче, единего,\nЖит' босици, што сум те доала,\nКе те пуштам у вујка на свадба,\nДа ми оиш на зорум по сватој,\nБез да знаит твои мили вујко!”\nТога стана Мирче помалечек,\nНа мајка си атар не расипал;\nИ си јавна своја брза коња,\nИ си кладе гуна табарина,\nОтиде у краља Шишманина,\nНи кането, Мирче, ни честено;\nИ си најде китени сватои,\nК'де јадат и к'де ми пијет;\nА Мирчета баре не пречеквет.\nМирче седна на крај во децата.\nЈадет, пијет, кинисвет по не'ста.\nМирче одит на зорум по сватој\nМирче неговото мило мнуче;\nКраљ Шишманин одит ужалено,\nУжалено, мошне умилено,\n3ашт' не беа негој три мнучина,\n3ашто многу без неста се вратие.\nОтидое во кралски дворои,\nОтидое у краља Латинина,\nЈадет, пијет, три дни и три ноќе;\nТога велит краља Латинина:\n„Не је унер да јадите, да пиете,\nТук' је унер, унер да сторите –\nКој је јунак от јунака роден,\nНиз злат прстен да поминит стрела;\nТака даам убава невеста.”\nСите сватој ми се зачудие,\nСите сватој в земи попаднале;\nКраљ Шишманин р'цете си кршит,\nРонит с'лѕи по бели образи.\nТога велит овчар табарина:\n„Ајти тебе краља Шишманина!\nШто се т'лчиш по бели колена?” -\n„Ајти тебе овчар табарина!\nКак да не плача, да не се т'лча,\nШто ми сакат голема унера,\nТака јаска нееста да земам;\nБаре не си каниф мој мнукои\nТога ја не ке се пострамотеф.”\nТога велит овчар табарина:\n„Немај гајле, јас ке ти го свршам.”\n3латен прстен кладое на нишан,\nКако фарли, низ прстен помина.\nКак' погоди, така се зарадви\nСе зарадви краља Шишманина.\nПак, им велит краља Латинина:\n„Кој ке можит три злати јаболка,\nДа познајт кое от која година је!”\nТога сватој ми се зачудили,\nСвите сватој в земи попаднале.\nТога велит млада овчарина:\n„Денесите три злати јаболка,\nДонесите маштрапа со вода!”\nДонесоа три злати јаболка,\nДонесоа маштрапа со вода.\nМи ги фарли јаболка во вода,\nПрв' јаболко остана над вода;\n„Ова, велит, оломнанско беше;”\nА второто во стреде маштрапа;\n„Ова, велит, је ланско јаболко.”\nА треќото на г'зер паднало,\n„Ова велит, ми је годинешно.”\nПак им велит краља Латинина:\n„Три еднакви к' облечам девојки,\nДа познаиш која је невеста.”\nИ истаил три лепи девојки,\nЕднолики трите токлоглаи.\nПак се чудит краља Шишманина.\nТога појде овчар табарина,\nПојде овчар при лепи девојки,\nИ им фарља ж'лтине дукади;\nКоја је нееста дукад' да не земам,\nКоја не је да земам дукади,\nОти сега глаи ми играет.”\nТои фарљат неста простум стоит,\nА девојки си берат дукади. –\n„На ти, краље Шишманине, неста,\nИ бегај си сега со сватои.”\nДруга мома си фатил за рака\nИ си ја фарли под табарина,\nПак по сватој на зорум си одил;\nОтидое в дворој Шишманови;\nМи го чествет овчарина многу;\n„Не сум овчар, тук' сум твој мила мнук,\nАјде сега на мојата свадба\nЗашт' си грабнаф за мене нееста”\nКога пошле во дворје Мирчеи,\nГо видела Мирчеата мајка,\nГо видела в р'це се пљуснала:\n„Бог те убил Мирче помалечек!\nЗашто вујка ти си пострамоти,\nИ преграби негова невеста!” -\n„Ајти мајко, ајти стара мајко!\nИ за него, мајко, и за мене,\nИ за мене јунака си зедоф.”\nЈале, пиле три месеци дана,\nОт како ми је нееста зеле.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%99_%D0%A8%D0%B8%D1%88%D0%BC%D0%B0%D0%BD%2C_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%99_%D0%9B%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%B8_%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B0%D1%80_%D0%A2%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 974, "cyrillic": 0.999}
{"id": "3863", "title": "Манифест на Главниот Штаб на Македонската Војска - 1880", "text": "Манифест на Главниот Штаб на Македонската Војска\nПрогласен на Пирин Планина, на 29 Јуни 1880\nБраќа Македонци,\nЕве петстотини години црни, темни облаци се надвиснале над сите Македонци и нашата татковина. Ние, клети робови на Отоманите, не можеме веќе да ги трпиме страшните пискотници на нашите силувани мајки и сестри, на децата оттргнати од мајчините гради. Дојде нож до коска! Никој веќе не ги слуша нашите пискотници. Христијанска Европа го предаде нашиот страдален народ на самоволието на турскиот верски фанатизам. Нашата последна надеж, членот 23 од Берлинскиот договор, пропадна. Не ни останува ништо друго освен да земеме оружје в рака со слоганот „Смрт или Слобода за Македонија“.\nСо тешко срце се решивме на овој чекор, знаејќи дека таа борба ќе биде тешка и крвата, но принудени сме да ја земеме судбината на нашата земја во наши раце. Не им веруваме веќе на ветувањата, зашто крвта на нашите жртви повикува на одмазда.\nМакедонци,\nНаближува часот да се судриме со нашиот вековен поробител. Подгответе се како верни синови на нашата страдална Македонија. Заборавете ги сите меѓусебни кавги, зашто сите ние сме нејзини синови, независно од вера и народност. Ние сме пред се’ и над се’ Македонци. Не верувајте им на нашите соседи кој се спровреле меѓу нас како змии и не мамат за нивните сопствени интереси. Здружете се под знамето на Македонија, дигнете го високо, високо во борбата за слобода и независност. Само така сложни ќе успееме да ја сочуваме за нас нашата мила татковина Македонија и да добиеме целосна автономија.\nХрабри македонски синови,\nНашите соседи одвај чекаат да ја грабнат Македонија за себе, да ја поделата, да ја раскасапат. Да се здружиме под едно знаме: само Македонци, зашто само соединети како браќа ќе можеме да се ослободиме од очајот и турскиот јарем, и да си останеме свои на својата земја. Збијте ги редовите и чекајте го нашето заедничко Македонско востание. Со пушка на рамо и сабја в рака, придружете и’ се на нашата македонска војска во борбата против безмилосните варварски неверници. Избркајте ги тие што работат за туѓите интереси и ви попуваат: „Ведната глава сабја не сече“. Одговорете им: „На пушка со пушка, на нож со нож!“\nНема веќе да трпиме други да ни ја кројат судбината, да стоиме пред нивните порти и да молиме за милост од нивните камени срца. Денеска имаме наша македонска војска во нашите планини, можеби не уште бројна, но со Божја помош и ваша, ќе стане силна. Ќе се бори за ослободуваќе и ќе извојува победа за нашата прекрасна татковина.\nЗатоа ве молиме браќа Македонци, не го зимајте овој Манифест како уште еден повик, туку подготвувајте се за општо Македонско востание против нашите вечни тирани. Се надеваме дека сите вистински Македонци ќе го чујат повикот за нашата крвата борба. Затоа го завршуваме овој повик со девизата:\n„Смрт или Слобода! Да живее слободна Македонија“\nГлавен штаб на Македонската Војска, во рамките на Македонската Лига.\nПредседател: В. Дијамандиев\nГлавни војводи: Иљо Малешевски; Кочо војвода од село Лакоса, Сереско; Коста војвода од село Левуново, Мелник; Ангел војвода од село Куманич, Неврокопско; Миледиџик војвода од село Карлухово, околија Захна; Стојан војвода од Џегурово, Мелник; Георги војвода од село Карчево, Демир-Хисарско; Тодор војвода од село Страчишта, Неврокопско.\nПирин Планина\n29 Јуни 1880", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на македонскиот народ", "Документи за македонската историја и самобитност"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%A8%D1%82%D0%B0%D0%B1_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%92%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B0_-_1880", "word_count": 532, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3827", "title": "Зборник на Миладиновци/ Два брата и сестра", "text": "Два се брата милно милувает,\nОт ошто се браќа милувает,\nОт еднош се браќа посвршие,\nИ от еднош си се ожение;\nСи зедое две млади неести.\nСи имае една мила сестра;\nОт ошто је сестра милувае,\nНапраие шарена одаа,\nОт милости сестра не ја м'жат,\nСи ја држет в шарена одаа.\nТук се чудет две млади неести,\nКако да је сестра отмилеет\nОт нејѕини до два мили браќе.\nСи имае едно м'шко дете,\nИ обете си се сузборвее;\n„Кога ке одет браќе на лоење,\nД' откључиме шарена одаа,\nДа сегниме во нејѕини џепеј\nД' извадиме нејѕини ножина,\nМ'шко дете да го загубиме,\nТуку да је сестра отмилиме,\nОтмилиме ад нејѕини браќа.”\nКако шта се кучки сузборвее,\nТака си го зборот свршие.\nБраќа ошле в гори на лоење.\nОтхључие шарена одаа,\nУкрадие фрушкине ножина,\nСтреде диван дете загубиле,\nСе со крви ножје утопили\nВо џепеи ножје је кладое,\nИ одаа си ја закључие;\nА та уште не се разбудила.\nКога ми се зора обзорила,\nМи дојдое нејѕините браќа:\nА две кучки на диван пиштеет.\nСе зачудвет нејѕините браќа:\n„Ајви вие две млади неести!\nШто је ова вие што чините,\nШто си коси вие растуриле?\nАли ни је сестра загинала?” –\n„Ајви вие два браќа рогени!\nБог ви убил вашите ќудои!\nБог ви убил и вашата сестра!\nЗашто си ја милно милуафте,\nГолем унер сестра ви напраи!”\nМили браќа си се саштисале,\nКога рекле две млади нсести –\nВи загуби ваше м'шко дете. –\nТога зборвет два браќа рогени:\n„Не је кабил сестра да сторила,\nНаше дете да го загубила!”\nТие кучки пак шт им велеет:\nÂА егиди два брата рогени!\nКога не је ваша мила сестра,\nОтворите шарена одаа,\nДа видите ваша мила сестра.\nДва брата ми на одаа ошле\nСо кротко је одаа отворвет,\nИ си влегле при сестра рогена.\nОт еднош је сестра не разбудвет,\nСо кротко је сестра разбудие.\nСестра им се мошне уплашила;\n„А егиди два браќа рогени\nШто је пискот на диван високи?” –\n„А егиди наша мила сестро!\nАљ не знаиш што си сработала!\nПри милоста што си ја имафме,\nНаше дете си го загубила!”\nТога ми се сестра уплашила,\nТога ми се сестра зак'лнала:\n„Ајви вие два браќа рогени!\nШто је овој збор што ми зборвите!”\n„Кога си ни, сестро, на пра'ина,\nИзваи си твоите ножеи,\nШто се ножје в крви утопени.\nТук и мие ке те загубиме.”\nЈе изваје во стреде двореи.\nМила сестра на браќа им зборвит:\n„Ејви вие два браќа рогени!\nВо двореи крв да не чините,\nТуку да ме браќа однесите\nОднесите во гоpa зелена,\nНа некоа рудина детелина;\nТамо имат едно суо дрео\nТамо имат една суа чешма.”\nКако им се сестра помолила,\nТака си je два брата почуле,\nЈе однесоа во гора зелена;\nСи најдое трева детелина,\nСи најдое чешма исушена,\nСи најдое дрео исушено.\nТога велит нивна мила сестра:\n„Ајви вие два браќа pогени!\nАко су ви дете загубила,\nНикога да чешма не протечит,\nСуо дрео пак суо да бидит,\nДетелина да ми се не родит.\nАко сум си на божја пра'ина,\nСега чешма да би ми протекла,\nСуо дрео да би израстило,\nДетелина манастир да бидит.”\nУште речта не ми ја дорече,\nCyo дрео начас израстило,\nНачас чешма вода ми протече,\nДетелина манастир се стори.\nТога велит, нивна мила сестра:\n„А егиди мои мила браќа!\nСе што болно ке ми се поболит,\nСе да дојдит овде да оздраит;\nА вашите две млади неести\nДа би ми се болни поболиле,\nДа ми лежет за девет години,\nДа искинет по девет постели,\nНигде иљач, браќа, да не најдет,\nТук да дојдет на моја липсана,\nДа би им се црква затворила,\nЗа ним вода да би пресекнала,\nНазод со ним да си се вратите,\nИ поболни да и однесите,\nВо друмои да и остаите;\nИ ним очи чавки да копает,\nВолци месо да им го јадеет,\nНигде коски да им се не нает;\nЛудо дете со мене да бидит!\nСега браќа да ме загубите,\nКрфта моја алал да ви бидит\nНа љубофтга, што мене љубифте!”\nНивни браќа си ја загубиа.\nК'де крфта је се истурила,\nТука ми се црква отворила,\nК'де глаа нејѕе је паднала,\nАлтар ми се тука суградило;\nК'де с'лѕи таја обронила,\nТамо вода ми се отворила,\nС' отворила вода лекоита.\nМ'шко дете при неа се најде,\nМ'шко дете ангел ми се стори;\nК'та дена литургиа служит.\nШто да ми се болно поболеше,\nДа појдеше здравје ке најдеше.\nКога браќа назод се вратие,\nСи најдое две неести болни;\nМи лежале за девет години,\nИскинале по девет постели,\nОт нигдека здравје не ми нашле.\nСи дочуле црква Врачарница,\nНа онаа гора зелена,\nШто да појде се здравје наожат.\nТога велет две млади неести\n„Ајви вие два браќа рогени!\nШто сме чуле во гора зелена,\nШто имало црква Врачарница,\nШто имало вода лекоита,\nA во црква едно лудо дете,\nК'та дена литургиа служит;\nШто да појдит тамо се оздраат,\nАљ је кабил да не однесите!”\nСи станае два браќа рогени,\nСи зедое две млади неести,\nОднесое во гора зелена,\nСи најдое црква Врачарница,\nСи најдое вода лекоита.\nКолку малo дете го дочуе,\nГо дочуе дете к'де пеит.\nКолку ми се мало приблизале,\nНачас царква им се затворила,\nА водата им се пресекнала,\nЛудо дете им се зам'лчило.\nИ тога на браќа им текна,\nОти им је нивна мила сестра.\nПоминае по стрмни друмои,\nНа друмои си и остаие:\nÂАјви вие две млади неести!\nКак сторифте, вие да најдите,\nКако ние сестра загубифме,\nКако што ве сестра помолитва,\nТака и клетва вам да се фатит!”\nЧафки очи тога им копае,\nВ'лци месо тога им јадое,\nУште душа тие не давае!\nА два брата коњи си јавнае,\nНазад си се во гора вратие,\nНа сестра си ми се поклоние:\n„Наша сестра ти да не проштааш!”\nМила сестра браќа си простила,\nИ им црква сестра отворила;\nИ вода се тога отворила,\nИ дете се в црков распеало.\nИ нејѕини два браќа рогени,\nСе сторие црни калугери,\nОт црквата не се отделие.\nИ денеска црква нишан стоит,-\nШто слушало све весело било.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B2%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0", "word_count": 1013, "cyrillic": 0.997}
{"id": "3878", "title": "Зборник на Миладиновци/ 68 песна", "text": "Имала мајка еднего сина\nЕднего сина млади спаиа\nВо понеделник го посвршила,\nА во четворток го оженила,\nА во петокот абер му дошол,\nНа војска д' одит ендек да копат.\nКе ја остаит млада нееста\nЕм тељосана, ем каносана,\nЕм каносана, нецеливана.\nИ ми станала млада нееста,\nТа што ми влезе в мала градина,\nШто ми набрала киска босиљок,\nИ му пор'чвит млада нееста:\n„Егиди море младо спаифче,\nДа си ја скриеш оваа киска,\nДа си ја држиш девет години,\nДа ја поглеаш киска босиљок.\nКога ке ми ти киска овенит,\nТога ке ти се пусто посврша;\nКога ке ти се киска изгорит,\nЈа тога пусто ке се ом'жа.”\nИ си ја зеде младо спаифче\nИ си ја зеде киска босиљок,\nШто си ја кладе в десна пазуа,\nШто си ја чува девет години,\nА на десета му је текнало,\nКиска босиљок је поглеало;\nКиска босиљок ми овенела\nМи овенела, ми загорела.\nЕндек ми копат и с'лѕи ронит,\nДури ендекот го завадило.\nСи го догледа верна дружина,\nСи го опитвит младо спаифче,\n„Егиди море младо спаифче,\nМладо спаифче, верна дружина!\nШто ти се тебе мошне нажали,\nТа олку плачиш мошне умилно?\nАли за мајка, али за татка?”\nТога ми зборвит младо спаифче:\n„Егиди вие верна дружина!\nНи мајка жаља, ни татка плача,\nТуку си плача млада нееста.\nМајка имаше еднего мене,\nВо понеделник ме посвршила,\nА во четворток ме оженила,\nА во петокот абер ми дошол,\nНа војска д' ода ендек да копа.\nСи ја остаиф млада нееста\nЕм тељосана, ем каносана\nЕм каносана, нецеливана.\nТа што ми даде киска босиљок,\nИ ми нар'ча млада нееста –\nКога ке ми ти киска овенит,\nЈа тога ке се пусто посврша;\nКога ке ми ти киска изгорит,\nЈа тога ке се пусто ом'жа;\nКиската сега ми овенала\nМи овенала и загорила;\nСега се м'жит моја нееста.”\nТога му зборвит верна дружина:\n„Егиди море младо спаифче!\nКоња јавна си дома одај си;\nМие за тебе риџа чиниме\nРиџа чиниме завал да немат.°\nКоња си јавна младо спаифче,\nКоња си јавна дома да одит,\nПусти п'тишта и забораил,\nА брза коња и паметвило.\nКолку ми дошле во стреде гора,\nШто си стретие младо нееста\nМлада нееста со се сватои.\nТога им велит младо спаифче:\n„Егиди вие китени сватoј!\nАљ изан имат млада нееста\nР'ка да бацит, дар да је дарва?”\nТога рекое млади сватои:\n„Адет немаме р'ка да бацвит\nР'ка да бацват на п'тницине.”\nТога ми велит младо спаифче:\n„Со арно изан да је даите,\nДане без изан р'ка ми бацит!”\nР'ка му баци, и си ја дарва\nСи ја дарва бурма позлатена,\nШто си ја тои прво прстенвал.\nИ си ја позна млада нееста\nИ си ја позна бурма златена,\nИ си го фарли дулак от глаа,\nИ што си слезе от брза коња: -\n„Позастојте се бели сватои!\nД' овдека било, божје речено,\nОти ми дојде мојот господин,\nЈас не је кабил со вас да идам!”\nТога ми зборвит младо спаифче:\n„Егиди мори млада неесто,\nАли је жива мојата сестра,\nАљ је м'жена, аљ је нем'жена?”\nТога му зборвит млада нееста:\n„Ни је м'жена, ни је свршена.”\nToгa cи зборвит младо спаифче:\n„Егиди море бели сватои!\nАјте пак назод дома да ојме,\nЈа назод празни вас не ве пуштам,\nКе ви променам мојата сестра\nМојата сестра млада нееста,\nНевеста мене, а сестра тебе.”\nДома и врати бели сватои,\nТа што с' и држа три дни, три ноќе.\nСи ја промена милата сестра\nСи ја промена си ја испрати.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_68_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 590, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3888", "title": "Зборник на Миладиновци/ Бјала Рада", "text": "Похвали с' бјала Рада,\nСношти вечер на кладенци\nПред момите, пред момците:\n„Аз с'м мома над момите,\nА невјаста над невјасти,\nИ јунак с'м над јунаци.\nЈа си в село и не мија,\nНо си мија в поле c роса,\nДета Јовко стадо пасе.”\nЗачуле ј' Јовковите\nЈовковите девет сестри,\n„Јовко мили, Јовко бае!\nПохвали с' бјала Рада,\nЧе с' мие в поле c poca\nДето Јовко стада пасе.”\nРазљути сја дели Јовко,\nНа овчјаре отговарја:\n„Еј овчере, мој дружино!\nПосрешните друмовете,\nПреставете п'теките,\nТа хванете бјала Рада.”\nРада била па похитра\nПа похитра, поразумна,\nОблече сја с турско рухо\nВ турско рухо се червено,\nИ наметна т'нка пушка,\nИ запаса чивт пиштоле,\nТа сја мјатна на вран коња,\nПа отиде на планина,\nДето Јовко стадо пасе,\nНа овчере с глава клати,\nА на Јовка нож пом'кна:\n„Еј Јовко ле, еј чобане!\nЗаколи ми цело јагне\nЦело јагне бозајниче,\nДе бозало девет мајки;\nДонеси ми рујно вино,\nДе кипјало девет п'ти.”\nУплаши сја Еван чобан,\nНа овчере отговарја:\n„Еј овчере мој дружина!\nХванете ми цело јагне,\nДе бозало девет мајки;\nДонесете рујно вино,\nДе кипјало девет п'ти.”\nДонесоха цело јагне,\nДе базало девет мајки;\nДокараха рујно вино,\nДе кипјало девет п'ти.”\nТа па седна, наједе с'.\nНаједе с' и напи с',\nПа сја метна на вран кон,\nТа отиде воз планина,\nТа па му сја в очи присмја:\n„Еј Јове ле, еј чобане!\nРада тебе в р'це вљала,\nКато јаре на вл'к в уста;\nНе би вреден, ни к'дарен.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 260, "cyrillic": 0.988}
{"id": "3876", "title": "Зборник на Миладиновци/ Симон и негова невеста", "text": "Посвршил се Симон добар јунак,\nСи се сврши и ми се ожени.\nЈале, пиле три дни и три ноќе;\nДошла коа, дошла лепо време,\nДа го клает во бела гердека;\nЦар ми пуштил до три капиџии:\n„Земите го Симон добар јунак;\nОти мене војска ме надоли!\nКако ке г' најте, така да го зејте,\nАк' је голо, голо да го зејте.”\nМи дојдое до три капиџии,\nЕднош кљуквет, а два п'ти виквет:\n„А излези Симон добар јунак,\nДа ми одиш на војска цареа!”\nТои спиет во бела гердека,\nБар' не знаит, от' на врата кљукает\nМи кљукает до трине елчии.\nА убава нееста ми слушат,\nСтрам је било јунака да скорнит,\nИ си ронит с'лѕи по образи;\nС'лѕи п'адвет на негоо лице,\nДури ми го с'лѕи попариле.\nТога ми се Симон разбудило:\n„А неесто мое добро мило!\nШто те тебе нужба натерало,\nНезнаено, уште невидено,\nТа ни оба мие отпознати,\nС'лѕи рониш дур ме попарие!” –\n„Ајти тебе Симон добар јунак;\nКако, Симон, ја да не си плача\nКако, добро, да не рона с'лѕи!\nК'де кљукает царски капиџии,\nЗа да одиш на војска цареа.”\nТој час Симон на нога ми рипна,\nИ отвори негој вити порти,\nИ ми виде до три капиџии;\nИ тие три cилни капиџии\nКак го најдое, така го грабнае.\nТога велит Симон добар јунак:\n„Не неида, та ме пограбвите;\nДа си зеам моја брза коња,\nТа да идам на војска цареа!”\nПовратил се Симон добар јунак,\nИ ми влезе в темна конушница,\nИ опитвит девет атли коњи.\nСите ми и бутур пофатило,\nСите коњи в земи попаднале,\nС'де еден ми се одг'орило: -\n„А егиди Симон добар јунак!\nИзжули ми мои триста рани,\nТа клаи ми седло шикосано;\nДа оиме на војска цареа!”\nГо поседла своја брза коња;\nИ ми велит убаа нееста: -\n„Ајти тебе Симон добар јунак!\nЗеми, Симон, ова киска цвеке;\nДо кога ке стоит разцутена,\nДо тога ја тебе ке те чека;\nКога киска ке ми ти изгорит,\nТога млада ке ти се прем'жа.”\nИ отишол Симон добар јунак,\nИ отишол на војска цареа,\nМи воивал за девет години,\nДури ми се Симон забораи,\nШто си зборвал с убаа нееста;\nТук' му велит негва брза коња:\n„Ајти тебе Симон добар јунак!\nВиди киска ти је подгорена,\nНевеста ти сега се прем'жвит,\nЗеми изан от нашего цара,\nЗа да брго не'ста прифтасаме.”\nТога Симон трчат прау при цара,\nРонит с'лѕи, и р'це си кршит:\n„Ајти тебе цару татко мои,\nДај ми изан дома да си ода,\nОт' денеска неста се прем'жвит!”\nЦар му велит „ак' сакаш невести,\nИмат овде колку да ми сакаш!\nЈа си има до триста алајки,\nОдбери си, Симон, која сакаш!”\nСимон мошне ми се ујадвело,\nМошне младо ми се уплакало;\nИ си појде при своја брза коња;\n„А егиди моја брза коњо!\nМоиот цар изан не ми дават.” –\n„Брго појди на наша царица,\nТаја, Симон, изан ке ти даит!”\nИ си појде Симон добар јунак: -\n„Ај царице, ај господарице,\nТи се мољам, о господарице,\nЖити бога, да си појда дома,\nОт' денеска не'ста се прем'жвит!”\nИ му велит нему царицата:\n„Трчај Симон да зафтасаш не'ста!”\nТога велит коња, брза коња:\n„Престегни ми мои црни очи,\nЗашто не гља к'де ке си ода,\nАко сакаш не'ста да фтасаме.”\nИ му врза негој црни очи;\nИ си летна коња по небеси,\nИ си стигна по крај негоо село.\nТамо најде свои стари татка,\nСи го најде к'де лозје копат\nЛозје копат и с'лѕи ми ронит.\nМи г' опитвит незнаен делиа:\n„Ејди старче, ејди мили старче!\nШто те тебе нужба дотерало,\nНа Велигден лозје да ми копаш?” –\n„Бегај, бегај незнаена дељо,\nНе зборви ми, не пукви ми срце!\nСе прм'жвит от сина ми не'ста,\nНе'ста седе до девет година;\nЗа тва вамо су ти избегало.”\nТога велит незнаен делиа:\n„Ајде, старче, дома да ме носиш!”\nМи го зеде пред коња, пред себе,\nГо однесе во негои дворје.\nИ ми велит Симон добар јунак:\n„Ајде старче напрај ми ужина,\nДа ужина после да поспиа,\nЕт' на колку сати да ме скорниш.”\nИ си стана стариот бабајко,\nИ му напрај една Турска манџа;\nСе најаде Симон добар јунак,\nИ ми легна Симон да преспиет.\nКога дојде време, што нар'ча,\nТога него старец го скориват:\n„Стани, стани незнаена дељо,\nОти дојде коа за ставање.”\nСи станало Симон добар јунак, -\n„Ајде старче сега да ме носиш\nДа ме носиш к'де свадба чинет!”\n„А егиди незнаена дељо!\nКак д' ода как с очи да с' опуља!”-\nÂАјде, ајде, старо, да оиме!”\nИ го зеде пред себе пред коња,\nОтидое к'де свадба чинет.\nСвирби свирет, ора ми играет;\nНазад ми се старо повратило.\nКак го виде невеста Симона,\nВчас го позна от' је нејѕин стопан,\nМи го кладе в чело на трпеза,\nИ ми служит незнаена деља,\nЧаша даат и на скут му седна.\nСите ми се тога зачудие.\nТога велит Симон добар јунак:\n„Ова ми је љуба, прва љуба;\nА на зетот ја што ке му даам?\nКе му даам сестра Ангелина,\nНи тој сега да се пострамотит,\nНи ја да се сега пострамотам.”\nСи ја зеде убаа нееста,\nСи ја слече рубо невестинско,\nЈа облече сестра Ангелина,\nЈа однесе к'де свадба чинет.\nТога старче ми го запознало,\nОти било негоото чедо.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD_%D0%B8_%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 892, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3886", "title": "Зборник на Миладиновци/ Рада Влахиња", "text": "Хубаво Радо Влахињо,\nПрез село идат Татаре,\nВсичкото село излезе,\nЧерни Татаре да гледа,\nИ бела Рада излезе,\nЧерни татаре да гледа.\nВсичките миром минаха;\nЕдно проклето Татарче\nА то си миром не мина,\nАми си коња разигра,\nТа зело Рада Влахиња.\nРадина клета мајчица\nИ тја след Рада идеше,\nТеком тече и вика:\n„Дештерко Радо хубава!\nКога си идеш, Радо ле,\nНа Татарскијат вилејат,\nАко ми б'деш болјарка,\nИ ти ми китка допрати,\nСтегната с бела копрена,\nБјало за тебе да носа.\nАко ми б'деш сирота,\nА ти ми китка допрати,\nС черна коприна увита,\nЧерно за тебе да носа.”\nКога је тамо отишла\nНа царевите сарае,\nСам ми је царја посрешна,\nДаде и златна јаболка,\nПа на Рада си думаше:\n„Хубава Радо Влахиња!\nЈа прими златна ®болка,\nТри п'ти порти удари,\nАко сја порта отвори,\nТи штеш царица да станеш;\nАк' се порта не отвори,\nА ти робина штеш станеш.”\nПослуша Рада Влахиња,\nПријала златна јаболка,\nДесна си р'ка дигнала,\nЈаболка небе хврлила,\nПортата са отвори.\nСам си сја царот обрадва,\nТа прие Рада Влахиња,\nНа чардаци ја искачи,\nТа и столнина хариза;\nСтанала Рада царица.\nМинало сја до три години,\nДобила м'шко детенце,\nТогава царју думаше:\n„Царју ле, государју ле!\nАз имам стара мајчица,\nКога насам да дода,\nА то ми мама зар'ча,\nАко ли клета робиња,\nА азе и запрата,\nТа жива да ме жале'е;\nАко ли б'да царица,\nА азе да и запрата,\nБело, зелено да носи.”\nТогава царја думаше:\n„Хубаво Радо Влахињо!\nОти ми не си казала,\nЧе имаш стара мајчица,\nОдавна да с'м изпратил\nМајчица да ти доведа.”\nПа прегна златна кочиа,\nКачи сја Рада царица\nС неино м'шко детенце,\nТа у мајка си отишле.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%92%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%B8%D1%9A%D0%B0", "word_count": 292, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3880", "title": "Зборник на Миладиновци/ Сирота Јана", "text": "Прошетала ми сирота Јана,\nПрошетала ми крај црно море,\nШто ми ја нашла мраморна плоча.\nИси сопаса от бело срце\nОт бело срце свилени појас,\nИ си опаса мраморна плоча,\nМи ја носила девет месеци,\nМи ја изваи от бело срце,\nИ си ја пови с кумаш пелена\nС кумаш пелена, со срмен појас,\nИ си месила бела погача,\nИ си канила кумот и потот,\nДа ми го крстет м'шконо дете.\nКако и канит, така дојдое;\nГо однесое м'шконо дете,\nМ'шконо дете во лепа црква;\nИ го отвивјет м'шконо дете,\nЗа да му клает на дете име.\nКога да видет чудо големо!\nПовиена је мраморна плоча;\nСи ја вратие плочата назот.\nТога им велит сирота Јана:\n„Егиди куме, куме и попе!\nКако на дете име кладофте?” –\n„Егиди Јано, сирота Јано!\nАљ се крштаат мраморна плоча?”\nИ си ја зеде сирота Јана\nИ си ја зеде мраморна плоча,\nИ си ми седна вo стреде дворје;\nВикнала Јана т'ги со глacoj:\n„Егиди боже, е' мили боже;\nК'де се чуло, и се видело,\nДевет месеци мраморна плоча,\nДа ми се носит на бело срце,\nКако је носив така остана,\nНе се чинела м'шконо дете!”\nПљусна да плачигт дури до бога,\nДури се чуло гласот на бога.\nТога си велит вишени господ:\n„Егиди вие до два ангела!\nАј да слезите на црна земја;\nАли оган земја изгорило?\nАли вода земја је понесло?\nАли Турци земја је пленее,\nТа што је пискот на црна земја?”\nКога слегвее до два ангела,\nКога слегвее на црна земја,\nКога да видет сирота Јана,\nК'де седнала на стреде дворје\nНа стреде дворје на мрамор плоча,\nК'де ми пиштит, к'де се т'лчит.\nИ је велеет до два ангела:\n„Егиди Јано, сирота Јано!\nА што се буфташ, а што се т'лчиш,\nА што се т'лчиш на мрамор плоча?” –\n„Егиди мори бож'и ангела!\nКак да не вика, как да неплача?\nЕво ја носа мраморна плоча\nМраморна плоча на мое срце;\nЈас чинеф, оти та ке се сторит\nТа ке се сторит м'шконо дете.\nЗа тва се т'лча, за тва се буфта.”\nИ си станаа до два ангела\nИ се качиа дури на небо:\n„Егиди боже, е' мили боже!\nНе ми је оган земја изгори,\nНе ми је вода земја понесло,\nНе ми је Турци земја пление,\nТуку седнала сирота Јана\nСирота Јана во стреде дворје,\nТук си држеше мраморна плоча\nНа бело срце девет месеци,\nИ го пуштила во бела црква,\nДа го крстеет м'шконо дете.”\nТога им велит боже милечек:\n„Егиди вие до два ангела!\nДуша дајте на мраморна плоча,\nДа ми се сторит, м'шконо дете.”\nИ ми слегое до два ангела,\nИ отидое Јанини дворје,\nДуша је дад'ве на мрамор плоча,\nИ го напраје м'шконо дете.\nToга и Јана се зарадвала\nСе зарадвала, се насмеала;\n„Егиди боже, боже милечек!”\nОт повтур Јана меси погача,\nИ ми покани попа и кума.\nЈе го крстие м'шконо дете\nЈе го крстие сите богои,\nИ го донес'ве сироте Јане.\nИ гоштаала сирота Јана\nЗа три месеци сите богои.\nИ си седнала во стреде дворје\nИ си го леља м'шконо дете,\nC нoгa гo леља, песма му пеит:\n„Нани ми, нани сине богоец!\nТи да му зеиш на краљот краљство,\nТи да му зеиш на царот царство,\nДа му седниш краљу на столнина,\nДа му седниш цару на царштина!”\nБог је убил таја зло комшиа,\nШто обула железни опинци,\nШто си зела и железно стапче,\nМи отиде при цара, при краља:\n„Егид' честиту цару и краљу!\nШто си имат сирота Јана\nШто си имат м'шкано дете,\nТва ке ви царвит, тва ке ви краљвит.”\nИ ми пуштиа до две елчии\nДо две елчии во рамно дворје,\nИ ми зедое м'шконо дете.\nИ си писнала сирота Јана:\n„Ох леле боже, ох мили боже!\nСи го фарлие в темни зандани.”\nИ си ми зела сирота Јана,\nСи обула железни опинци,\nИ си ми зеде стапче железно,\nЗа да побарат м'шконо дете.\nИ та ми појде дури при цара\nДури при цара, дури при краља,\nРиџа им чинит, мољба се молит:\n„Камо ми мене м'шконо дете!\nДајте ми мене, ја да го држам\nЈа да го држам, да го изглеам!\nОту што сакате, тва чинете му.”\nДете ми расти и ми порасти,\nИ ми се стори најдобар јунак,\nИ ми се стори цар над цареи,\nИ ми се стори краљ над кралеи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B0_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 741, "cyrillic": 0.999}
{"id": "3890", "title": "Зборник на Миладиновци/ Рада и циганче", "text": "Хубава Радо, Радо ле!\nДето сл'нцето заходи\nТам има, Радо, зелен бор,\nИ под бора си седеха\nРадини брате троица,\nЧервено вино пиеха,\nМежду себе си думаха:\n„Кој ште ми сја јунак нае,\nДа се префарли зелен бор,\nЛистето да му преброи,\nДа земе Рада сестра ни.”\nРедом сја јунаци фр'гали,\nНе можи да го прехврљат,\nНа листе да му пребројат.\nОт долу идет Циганче,\nИ в р'ка носи бјал камик,\nТа си прехврли зелен бор;\nОчи метна лист преброи,\nТа зело Рада хубава.\nРада викнала, што могла:\n„Боже ле, мили боже ле!\nТака ли Рада мислила,\nБела промјана готвила,\nЧерно Циганче да земе,\nНа дарба Рада да ходи,\nПо село, и по друмове?”\nЦиганче Рада предумва:\nЈа м'лчи, Радо, не плачи,\nАко с'м азе Циганче,\nА мајќа ми је кавурка,\nКавурски ште тја посрешни.\nНе штем тја пушта, Радо-ле,\nИз село, Радо, да ходиш,\nДоде дарове содереш.”\nПристала Рада хубава,\nТа ја Циганче завело.\nА мајка му је изљала;\nТа не је била кавурка,\nАми је била Циганка,\nТа Цигански посрештна\nИ и Цигански продума.\nКа виде Рада хубава,\nЧе на Циганче говори:\n„Циганче черно Катунче!\nЈа дај ми златна чакија,\nДа разрежеме јаболка,\nИ с тебе да ја изедем.”\nНе сетило сја Циганче,\nНо и дало чакија\nНе разрезала јаболка,\nНо се в срцето удари,\nЧерни с' крви заљаха;\nИ тја си трепно думаше:\n,,Циганче черно Катунче!\nДа с' находи мајќа ми\nПо Циганските гробишта.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D1%86%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 243, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3894", "title": "Зборник на Миладиновци/ Маса плената", "text": "Течит река студена низ стред село Врбјани,\nШто налеа реката до две врби китени,\nНа врбите имаше два одара шарени\nНа одарот седее до два млади јунаци;\nЕден беше Јајо-ага, другиот Весел-ага,\nВесел-ага Пиперко, Јајо-ага Пустина.\nТурци турски зборвее Маса да је грабеет.\nМаса имат два брата главата си давае,\nМаса не је давае, им каза на браќа си:\n„Море мили братина, Турци турски што\nзборвет,\nМене да ме грабеет.” Леле Масо грабеет.\nБраќа се зачудие к'де сестра да скријет,\nДа не им ја пограбит Весел-ага Пиперко;\nДа не им ја однесит во некоја планина,\nК'де луѓе да немат. Маса легна да спиет.\nБраќа на лов појдое; дури браќа дојдое,\nМаса не е најдое. Турци ми је грабнее.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%81%D0%B0_%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 125, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3892", "title": "Зборник на Миладиновци/ Краљ Матлиа и три сестри", "text": "Вина пиет крал Матлиа\nСо три Турци Анадолци;\nБог и убил до три Турци!\nМу фарлие ифтириа\nИфтириа на праина –\nСи окарал турска вера,\nТурска и џамија.\nОтидое на кадиа\nНа кадиа да се судет.\nСуд му дојде краљ Матлиу,\nДа се турчмит, да се бесит,\nИли да се в оган горит.\nТога велит краљ Матлиа:\n„А егиди до три Турци!\nЈас ке ви се милно мољам,\nВие мене да пуштите,\nДа си одам дури дома.\nЈас си имам до три сестри,\nДа опитам мојте сестри;\nКако ке ми изан дает\nТака џевап да ви даам;\nАли да ме потурчите\nАли да ме обесите,\nАли да ме изгорите.”\nГо пуштиа до три Турци,\nСи отиде дури дома\nПри своите мили сестри:\n„Мори сестри, мили сестри!\nКе ви кажа моите м'ки;\nШто си појдоф на меана\nСо три Турци Анадолци,\nНа јадење, на пиење\nМи фарлие ивтириа,\nСум окарал турска вера\nТурска вера и џамиа;\nМ' однесое на кадиа\nНа кадиа да ме судет.\nСуд ми даде да ме турчет,\nСуд ми даде да ме бесет.\nАли да ме в' оган горет;\nУчете ме што да чина!”\nИ му велит постарата:\n„Море брате, мило брате!\nНи беси се, ни гори се,\nТуку, брате, потурчи се,\nСестри брата да имает.”\nИ му велит постредната:\n„Ни турчи се, ни гори се,\nТуку, брате, обеси се.”\nИ му велит најмалата:\n„Ни беси се, ни турчи се,\nТуку брате изгори се;\nКолку оган ке завалет,\nКолку тебе да те фарлет,\nКе дојдиме си три сестри,\nВишни бога ке молиме,\nДробни с'лѕи ке рониме\nДа повеит силен ветар,\nДа заросит ситна роса,\nДа потечит силен порој,\nДа угасит силен оган,\nТи да брате куртулисаш.”\nКако сестра го поучи,\nТака брате ја почула;\nИ им рече на Турците:\n„Ни се турчам, ни се бесам,\nТуку в оган ке се горам.”\nЗавалие силен оган,\nГо зедое краљ Матлиа,\nДа го фарлет в силен оган.\nКолку в оган да го фарлет,\nМу дојдое си три сестри,\nВишна бога помолиле,\nДробни с'лѕи зарониле.\nМи повеа силен ветар ,\nМи зароси ситна роса,\nМи потече силен порој,\nСилен оган ми угасна,\nКуртулиса краљ Матлиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%99_%D0%9C%D0%B0%D1%82%D0%BB%D0%B8%D0%B0_%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8", "word_count": 355, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3453", "title": "Јоаким Крчовски/ Чудеса пресвјатија Богородици", "text": "ЧУДО 11\nБил у Галлии некој цар, прва жена му умрела, што му е била родила една дштерка, многу красна и прилична девица, ѝ нарекли име Мариа. И по това после царот се оженил пак за друга и таја била многу хубава, ама колку со снага хубава, толку сос душата лоша и груба, и завидела, сакала да нема друга жена како неа хубава. И видела незина пасторка зашто ќе да биде похубава от неа, и ја научил дјавол да ја убие. И отишел царо далеко. Она тогива нашла време и рекла на един измеќар: „Сакам да ми учиниш една љубов, ама никој да не знае, и ќем да ти дадем што ти е најмило“. А он се заклел да учини това што ќе да му рече. Тогива му она говорила: „Првата жена царева родила оваја девојка, ама не е сос него, ами сос некој друг човек зол, зашто е от лош татко, затова и она сè лошо чини, сака да посрамоти царскиј дом. Утро да ја земеш и речи ѝ како да ја водиш на теферич, и отведи ја у планината да ја убиеш. И за нишан да ѝ отсечеш руките, да ги донесеш.“\nИ у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“ И така ја качили на една кола и ја завели у пустиња. А она се сетила зашто е лажа, от што била многу разумна, и се бојала от Бога, и се дигнала и погледнала на небо, и се молила со слзи и говорила: „Владичице моја Богородице, ја немам друга помоштница, салт благодат твоја, — и да им платиш на тија што чинат неправо.“ А тија што ја водиле рекле: „Не бој се, не ти чиниме ништо.“ А она говорила: „Зашто ме лажете? Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие. Ви се молим да ме не убиете бирден, ами да ме почекате, докад да си учиним душата моја теслим Богу.“ И они отговориле: „Кога си знала ти това, добро би било да не си пошла сос нас. Нити би погинала, ни ние би у такво беззаконие паднали. А сега ќе да учиниме това што ни е рекла маштеха ти.“ Говори она: „Не боите ли се вие Бога, да ме убиете без кабахат? Да знаете право, такова беззаконие ќе да се јави, ни пак ќе да ви се остави праведниј судија без наказание, ами ќе да ви отврне и вам, и на онаја немилостива ѕверица. А ако сакате да се куртулисате от овој грех, оставете ме овде у планината жива и речете: ја убихме. Похарно да умрем овде сама от глад и вие да не си утопите руките ваши у крв безгрешна и права.“\nТако им говореше Мариа сос слзи и ним се нажалило и рекле ѝ: „И нам ни е жал и би те оставиле жива, ама ни е рекла маштеха ти да ѝ отнесеме твоите руки за нишан. А ако тако не учиниме, нас ќе да ни убие. И да те оставиме жива, ама ѕверове ќе да те изедат.“ Говори она: „Горко и това и това. Ама имам барем мало утеха да ме изедат ѕверове а не човек, и вие ќе да бидете без кабахат от мојата крв. И ви заклинам вас у имја пресвјатија Богородици, што е родила истиннаго Бога и судију всјех, немојте ме убивати. А ако сакате моите руки да ги носите за нишан, а вие отсечете ми руките и носете ги.“ И тури си руките на едно дрво и ги отсекле и ги отнесле на царицата, и им дала многу дарове.\nА жалостна Мариа останала полумертва, и немала кому да се надее, ни хекимџија имала, но имала имја пресвјатија Деви на ум, това имала и устата не можела да си отвори от големи жалби и болести. И нè била сосем оставлена, ами манием Божиим нашла помошт. Некое момче от добра рода поминало тамо заради лов и Бог го научил, дошел близу на това место дека е била Мариа, и чул стенание, и така потрчал на глас стенанија и нашел та девојка. И се чудиле сичките, што је се учинило така, и питало ја момчето: „Што е таја работа на тебе?“ А она не му отговорила ништо, ами текле је слзи от очите и учинила ишарет да ја поможат нешто. И рекло момчето на слугите: „Сега не е време да је испитуеме. Нас ни донел овде Бог заради неа. Земете ја да ја отнесеме дома.“\nИ ја отнели дома, и излекували раните, и сичките се чудиле на нејна хубост и како разумно ходила. И многу пати ја прашале чија е дштерка и зашто са ѝ отсекли руките. А она не отговара ништо ами молчи како нема. И момчето ја возљубило и зборило на татко си да му земе таја за жена. И му рекл татко му: „Чедо, нам требува да земеме девојка на наша прилика, а ти сакаш неја — не салт што е без руки, ами Бог знае каква е некоја сељанка и за кој кабахат ѝ отсекли руките Това ќе да ни е на срам.“ Рекло момчето: „Отче не може да биде таја хубост и таја разум на проста рода. Она се види да е царскиј род. Ама ако би била и от проста рода, ја неја сакам а друга ниедна.“ Видел татко му зашто се не оставја от неја и по закону венчал го сос неја.\nА цар незин татко паднал у голема жалост за неја, што се е учинила прељубезна дштерка негова. А царицата му рекла да е побегнала скришом; у ношт. А царот плакал и не могл да се утеши, и имал шубе на царицата, ами молчал и тражил на секиј вилает и писал на сите страни да се собера сите негови царски човеци, да Играјат сос коњи да се малку развесели от таја жалост. Дошал хабар и на свекор Мариин да иде тамо, а син му рекл: „Отче, ја да идем на твое место, а ти чувај моја невеста како мене, и ако роди докад не сам дошел, чувај и неја и детета.“\nОтец го благослови и прати го да иде сос Божија помошт. И тамо се показал пред другите јунак, и разумен, и сите го похвалили. И го видела таја лукава царица, и сакала да го заљуби, и викнала еден негов слуга и питала го: „От дека е твој господин и има ли жена?“ Тој негов слуга казал је сичкото како е било, како нашел една девица без руки, и какво лице имала, и сичкото. И у това време дошла му книга от татко му, зашто родила жената му две деца мажки. Тогива таја зла царица се уплашила. Зачат болезн и роди беззаконие. И викнала при себе тој што донел книгата и го питала за сите работи што са жали тамо, и дала му дар и рекла му: „Кога ќе да си идеш, да ми се кажеш.“\nИ така момчето отписа на башта си, благодари му и радова му се, и пак на него оставја и невестата и децата дури да си дојде. И человеко зема книгата и отиде да се каже на парицата. Она му тури трапеза да го гости, и напои го, и извадила му скришома книгата што му ја дал негов господар и турила свое писмо какво да го е момчето пратило на татка си, така написала: „Отче, да знаеш зашто таја моја жена била дштерка на еден лош человек убијца и за нејни лоши работи пресекле еи руки. И тија деца не се мои. И ти се молим, какво прочиташ таја моја книга, у тој час да ја убиеш сос децата заедно. И ако чуем дека не е убиена, неќем да дојдем дома.“\nКога дојде писмото на татко му у руки, и прочитал го, и многу му се нажалило, и не знал што да чини. И прашувал свои пријатели што да чини, а они му рекли да не ја убива, ами, да ја прати тамо дека ја нашол син му и тамо да ја остават на Бога. И така учинили. И пак пратил книга на сина си и му казал да е учинил какво му рекл.\nА она сирота останала сос децата у онаја планина у голема жалост и туга. Жалила помногу да умре, а не да гледа децата да умират. Плачејќи видела една патика мала и земала децата под мишките и отишла по онаја патика и нашла еден старец у една пештера. Кога ја видел старецо, се уплашил да не е дјаволска работа. И кога разбра нојната страданија, пожали ја и уведе ја у пештерата, а он се пресели на друго место. Сакиј ден носеше ѝ корење от тија што јадеше сам и нагледуваше ја.\nИ по неколку дниј дојде момчето дома и разбра што са уработили. Плачеше горко, и така појде да ја тражи. И мислил, и говорил: „Се надејам на пресвјата Богородица, зашто не ќе да ја остави, како и прво што ја не оставила зашто имала голема надежда на Богоматер. И у таја ношт јавила сја Богомати на Мариа у видение и рекла ѝ: „Утре ќе да дојде твој муж верниј да те води дома, и ќе да ти престанат тија муки и неволи за терпение твое и вера твоја што имаш на мене.“Отговорила Мариа: „Благодарим ти, Владичица моја, ти не ме оставјаш у неволи мои. ма како можем да имам совршена радост кога сам без руки? Ами пак не се оставјам, на тебе се надеем.“ Tако говорила сос смирение. Чуе Владичица и говори на Мариа: „Земи си твоите руки. Благодатију сина моего ти се даруват. Кои ме љубат и кои прибегнуват под покров мој, сите добри работи зимајат и и мене дарујат.“И у тој час Мариa види свои руки цели и здрави како и прво, когa биле неотсечени. И кој може да изрече онаја радост и веселие. И сета ношт стојала и чинила благодарение Богоматери, и читала „Богородице дјево радујсја“ како и секиј пат имала хадет, с великим умилением и сокрушением срдца.“\nНа утрото дошел мажот и и ја видел, и се поклонил, и ја пригрнал от радости, и не може да проговори от плач. А кога ја видел сос здрави руки разумел зашто е това добро учинила пресвјатаја Богородица, прослави Бога и пресвјатују Богородицу, и се вратиха дома сос неизречена радост. И башта му учини праздник на пресвјатаја Богородица, да празднува момчето осм дена и да се весели. И собираха се сичките пријатели нихни и чудеха се и прославјаху Бога и пресвјатаја Богородица.\nПотова после потражи и фана да испитува господара за онаја лажовна книга. Тогава Мариа фати да кажува кој е себеб бил на нојната мука и страдание, и рекла: „Досега сам таила, но ако е волја Божија сега ќем да кажем, — зашто сам јазе на вашио цар ќерка, ама ми завиде маштеха ми, та сам това потеглила. Ама пресвјатаја Богородица, царица небеснаја, не ме остави да ми се радуват моите душмани, ами ме избавила от сичкиите мои жалости. И сега чинете хабер на моего отца, да знае зашто сам се нашла, дури ние пристигнеме тамо.“\nИ тогава ја тија познаха зашто е на нихнио цар ќерка. И тогава тие благодариле Бога зашто се удостоили да имат у дом свој царска ќерка. И тогава тамо сите што биле се зарадоваха, и се поклониле и учиниле еи царска чест. И у тој час пратиле хабер на царо, и сами пошле да идат тамо. И третиј ден дошли до царскиј град, и царо изшел сос неговите бољари на срешта, и кога видел неговата љубезна ќерка, притрчал и ја пригрнал како татко сос радост и сос слзи.\nКако чула таја лукава царица това и се скрила, а царо кога разбрал како што учинила царица негова, заповедал да накладат огн, да ја изгорат жива. И учинил зета си да е цар, и по негово умирање зет му да царуе. Тогава дошел и татко му да се весели сос царо и сос сина своего. И сичките роднина и пријатели благодариле Бога и пресвјатаја Богородица и ѝ направиле црков заради да се знае до века, и празднували праздници Богородични. И така царица Мариа чинила сички добри работи и давала - милостињу на сиромаси и говорила им: „Овија руки не са мои, ами си ми дарова небеснаја царица заради нејна голема милост, и не е харно да се лениме, кога искаме да чиниме добри работи.“ И така царица Мариа поживејала дури остарела сè богоугодно, и прешла у вечнија обители. Слава Богу и Богоматери, да и ми сподобимсја получити, тој дар, во веки веков, амин.\nЧУДО 23\nВо Италијска страна имало богат човек, име тому Агапиј. Сета стока си похарчил зашто живејал грешно и блудно, и осиромашел, и дошел веќе да се остави от Бога. И се проклинал самаго себе, и отишел да сака некој маѓесника, да го пита дали може дјавол да го обогати. И ходеиќи срел го дјавол и му се показал како некој воин и му рекл: „Ја сам тој што сакаш ти. Ако сакаш да ми се запишеш сос твоја крв и да се отречеш Христа и да бидеш мој, да ти дадем сè што сакаш.“\nА он окајанниј сакал да живее како прво лошо. Се обешта и даде писмо да се отрече Христа. А он тој час го обогати и му чинил измет, ама му се показувал како воин, и сè што сакал му давал на руките.\nЕден пат минал при една црква и видел икона Богородичина и помислил у колку големо зло паднал и воздихнал от срдце. У тој час го бил дјавол, тоја што бил како воин, и едва остана жив. И му рекл: „Чувај се да не гледаш отсега на икона Мариина, зашто ми е она многу зло учинила и многу ми човеци зела от моите руки. Акo чиниш това, пак ќе да те убием сос љута смерт да загубиш овој рахат, и душата ќе да ти отнесе у вечна мука.“\nКога чул това окајанниј, му се учинили големи жалости. Не зашто го бил дјавол по снагата ами да не му погине душата у вечна мука. Мислил што да учини, да се куртулиса от тој плен. Сам себе си говорил, како му дјавол казал, зашто Богомати многу човеци зела от неговите руки: „и мене да биде милостива, зашто е мати на всемилостиваго Бога.“\nТова мислеше тој сиромах, а дјавол не знал што он мислил и го провел покрај друга црква, да види дали ќе да се пак обрне каде црквата. А тој, како видел црквата отворена, затрчал се и скоро влезнал у неја и паднал на земља пред икона Богоматери и се бил у груди и викал и от срце воздихал со слзи: „Владичице мира пресвјатаја Богородице, скоро помози ми и избави мја от руки дјаволски. Многу можеш, Всецарице, помози ми преокајаному.“ И така се молил на многу време сос големо сокрушение и плач.\nА дјавол пред црквата многу чинил калабал'к и му рекл: „Ја идем, неверне, ме пади Мариа, ама твое писмо што си писал ја го чувам и ќе да ти го покажем на страшен суд, зашто си се со своја волја отрекл от Христа“. Това рекл дјавол и не се видел а Агапиа сос голем плач се молил, сакал милост, и така дошел, и ум му се занел от труд и плач. И видел пречистују Богородицу пред себе и му рекла: „Ти си се отрекл от сина моего, — што си влегл у црквата, што тражиш веќе у мојата црква?“ А он отговорил смирено и сос многу страх: „О пресвјатаја Владичице, нели за грешници твој син се мучил, и ја се познавам зашто сам големо беззаконие учинил (и така поменувал многу грешнии што биле). А син твој простил ги, — оште тебе немале таква помоштница, а он простил ги. Мене да ме приимеш, Владичице, колку сакаш можеш да испросиш у сина твоего.“ Му рекла Владичица: „Зашто си се покајал от сичко сердце, те приимам, ама да не се јавиш неблагодарен у оваја голема благодет, ами да покажеш добра работа за покајание.“ Он и рекл: „И другиј дар сакам — да ми се даде таја книга што дадох на дјавола, да ми ја дадеш.“Отговори му Богородица: „Во славу сина моега и Бога, да ти биде тебе и това.“\nИ чу се глас сос фучање на воздух, и говори дјавол: „Ако си ти мати правди, не чини такваја неправда, о Владичице, да не ми земаш ового што ми се записал со своја крв.“ Отговори Владичица: „Враже истини, секиј пат лажеш, а сега право говориш да јесм мати правди. Затова сакам да учиним праведниј суд, да истргнем создание сина моего от твои руки. Не е право ти да ги држиш.“\nЧул това Агапиа и се зарадувал и се освестил како от глубокиј“ сон и видел своје рукописание у руки свои. Многу се зарадувал; и сите кои видели и чули таково чудо. Това се чуло по сичкио свет. Това дошло у уши блаженному Лву Папи Римскому, и пратил и довели Агапиа, и видел това писание, и заповеда да биде по сите церкви благодарение Богу и Богоматери. И многу човеци, кои имале секаквии грехове, се покајале, фанале да се надејат на пресвјатаја Богородица. А Агапиа се учинил калуѓер и се покајал како му заповедала Богомати, јејаже молитвами, амин.\nЧУДО 26\nУ место зовомо Нарна, тамо тече велика река, — у това село бил еден человек богат, имал многу измеќари, и имал еден арапин, многу време му работил, и го миловал господаро. И родила жената му дете црно како арапин. А жена била честна, чиста, неходила сос друг муж, салт со свој. А имала голема милост на пресвјатаја Богородица. Затова ја возљубила и свјатаја Богородица и учинила милост сос неа.\nСите человеци говориле: „Това дете е от арапинот.“ Муж незин не можел да терпи толку хули и смех. Помислил да убие дете и арапина и жената, ама Богородица удержала го. Знала зашто она е чиста.\nРекл он на жената си: „Земи, злаја жено, това копиле што си родила, иди си скоро от мој дом, иди да те не зидат мои очи, да не те убијам со мои руки.“ И ја фанал за косите и ја испадил сос детето. И она отишла у еден роднина. Знала зашто ќе да ја прииме, и тие ја испадиле. Ним им се чинило зашто е родила от арапино.\nТогива таја сирота жена от многу жалби и туги, зашто никој не ја прибирал, сакала да се убие и себе и детето. Това мислеиќи, дошла у една црков Богоматери и се застојала пред иконата, плакала неутешно, от многу слзи сета црков се намокрила, и рекла: „Сладчајшаја моја Богородице, не остави душа моја да иде на мучение, да не бидам самоубијца, — и немам дека да идам.“\nТова рекла и излегла на пазариште и викнала колку може: „Да ме чуете сички за име Божие.“ И сичкии слушале: „Пресвјатаја Богородица да покаже некое чудо за уверение, зашто немам кабахат. Ја да се избавим от ова осуждение и клевети“. И така скочила у реката сос детето. А муж незин чул, му се нажалило, притерчал. А она пропаднала у водата.\nИ они отишле у црков да се мољат Богу, да не им пушти некое зло за незина душа, зашто ја клеветиле. Тамо како се молили, чуле вонка, надвор, шамата от человеци. И говориле: „Слава Богу, излегла жената жива от водата, и дете бело и красно лицето му.“\nИ тогива муж незин многу се чудил и ја прегрнал и плакал от радост и ја молил да му прости зашто многу ја хулил, и целовал детето и славил Бога зашто не ги оставил да се удават без кабахат.\nТогива ја прашале: „Како жива си излегла от водата?“ Она говори: „Вие сите ме оставихте и испадихте. Ја не знаех што да чинам, отидох у црква и се дадох на руки Богородици. И како сам плакала, рече ми Богородица, — „не бој се, не те оставам да се удавиш“. И водата се раздели на две. И ја рекох: „Зашто ми е живот, Владичице, кога толку имам беди и скорби?“ Она рече ми: „Друга неќе да има славна и честна како тебе, ни друго дете похубаво.“ Това ми рече и ме зеде сос детето и ме отнесе на мосто, и така ми рече и отиде на небо. А дете измени се у таја красота.“\nСите кои чуле славиле Бога и пречистују Богородицу, а жената ја молиле да им прости, а повише муж незин, — и ја молил да иде дома. Она рекла: „Слава Богу и Богуматери, зашто си се уверил зашто сам била верна к тебе. А мене Богомати ме спасла от смерти, — не е лепо да служим дому твоему ни да сам неблагодарна на таја што ми многу големо добро учинила. Ти си ме испадил, а она ме прибрала и не ме оставила да погинам сос душа и тело.“ И отишла у девическиј монастир и живеала богоугодно и се преселила ко благодетелиици своеј.\nЧУДО 64\nВо дни Теодосија великаго имало некој человек у Цариград, добродетелен и многу богат, имал сина единороднаго, именем Теофил. У старости осиромашел многу, немал со што да, се храни, и рекол на сина си: „Чедо, видиш зашто сме сиромаси и не можеме да се гледаме, — ами да те продам, и ти да живееш, и ние да се храниме.“ И така Јулијан продал сина своего на еден богат человек, и го учил, — кога промине покрај некоја церков, ако читат или ако литургиа служат, „колку да имаш некаде скора работа, да свратиш у црквата, да стоиш и да слушаш.\nТоја што го купил многу го возљубил, зашто имал добр хадет и разум, и му стојал диван кога вечерал. Еден ден отишел господаро у царскијот двор, и си заборавил тефтеро дома, и пратил Теофила да иде брже да го донесе. И он отишел, влезнал дома, и скоро земал тефтеро, и видел жената на господаро курвила сос еден измеќар. Ама не гледал на них.\nОтишел при господаро си, а жената се уплашила да не каже на господаро, — и кога дошел господаро, а она рекла: „Така тој, што си купил, дојде да ме силое у постељата, и ја викнах, да не беше дошел другијот, ќеше да ме насилова. Бог ме учува да не се посрамим. Утре ако да му не отсечеш главата, ја не живеем с тебе.“\nЧул това господаро, и се разљутил на Теофила, и рече да учини по нејна волја. И на утрото отишел при судијата градскиј и му рекл: „Утре ќе да ти пратим сос писмо еден слуга мој да му отсечеш главата и да ја завиеш, да ми ја пратиш.“ А судијата рекл: „Без шаити не бива.“ А он викнал еден пријател негов, и тој рекл: „Така било и ја знам.“\nТогај господаро дал писмо на Теофила да го носи на судијата. Како ходил, минал при една црква Богородици и застанал да слуша литургиа, како што го учил татко му, да слуша до отпуст. А жената не може да трае, прати своего љубовника скоро да му донесе главата. И кога отишел другијот, отсекле му главата. По литургиа после отишел и Теофил, и му дал судијата главата завиена. Теофил носил ја и не знаел што е, како што му заповедал господаро. Кога дошел дома, видели го, и се зачудили, а жената се уплашила и се учинила како умрена.\nИ го питал за таја работа, и познали зашто е истинниј суд Божји, и возљубиха Теофила за чистота душевна. И после господаро си го посинил, и прослави се Теофил за негова добра работа. Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда. Христос говори, — тежко на тија кои чинат лошо пред свои чеда. Требуе да ги учат на закон Божиј, и да идеме у црква, зашто имаме многу на душата спасение.\nМИТАРСТВА - извадоци\nСлушајте и да знаете како бидуе покајание. Имало у Цариград един постник, свјатиј Василиа новиј. И имало една стара удовица, име тое Теодора. Она чинила измет на свјатаго Василиа и го почитала како ангела Божија. А он ја учил свјатое покајание. Таја жена многу години постила и плакала за греховите нејни, и после се покалуѓерила сос чисто покајание. И така се преставила.\nА имало тамо другиј постник, свјатиј Григориа. Тој често ходил и се поучавал от свјатаго Василиа. Тој Григориа разбрал за блаженнаја Теодора, како се преставила, и фанал да мисли за неја, и сакал да знае дека се находи нејната душа: дали зела некоја милост от Бога, дали отишла у рај Божиј. И това како мислеше Григориа, често се молише на свјатаго Василиа да му каже заради неја. Веруваше без шубе зашто не е скришно на угодника Божија свјатаго Василиа заради нојната душа.\nИ така често му се молил на свјатаго Василиа, и он не хтел да го оскорби ида разсрди духовнаго своего сина, и се помолил Богу да му јави заради Теодора, да ја види, и да му се открие. И една ношт, како лежал на постељата си, и му открил Бог, и ја видел дека била блаженнаја Теодора у рај, и у дворове прекрасни што биле уготовани от Бога на свјатаго Василиа. И сос молитва свјатаго Василиа, што беше му чинила измет, и беше си отишла у тија прекрасниј сарај.\nИ како ја виде Григориа, и се зарадува, и фана да ја пита како на јаве сос неја. И запраша ја: „Како си се разделила от снага, и како си прешла невоља смертна, и како си поминала баждарници дјаволскии?“\nА она фанала да му казуе: „Чедо Григорие, заради страшните работи си ме прашал, што е страшно да го споменуем и да го казуем. Гледах лица што никој пат не бех видела и слушах зборови што никак не бех чула. И како да ти кажам, тежко и љуто, што се не надејах, това ме срете: онија страшни дјаволи заради моите грехови. Ама заради молитвата, и со помошт свјатаго Василиа, сè ми легко биде.\n...\nИ не знам, кога дојдох веќе на умирање, и дојде сахат да се раздвојам от снага: видох многу дјаволи страшки и црни како арапи, — дојдоха около мене и нихните лица беха црни како саги, очите нихни како жар и нихното “гледање толку љуто како сама вечна мука. И фанаха да чинат калабал'к и шамата. Еднии рикаха како ѕверове и добици, а другии како пси лаеха, другии виеха како волци, а еднии како свини цвичеха. Сите гледаха на мене и ’ржеха, и потрчаха на мене страшно, и чкртаха сос зуби на мене, и сакаха да ме г’лтнат бирден. И готовеха книги, како да речеш некој судија чекаха да дојде, и тефтери отвораха, у них беше сичкиите мои зли грехови.\nТогаи моја сирота душа се учини у голем страх и беда, за хер не ми стигаше таја горчива смертна болест, ами и от тија страшнии дјаволи и грозно нихно гледање и љутост, како друга смерт пољута. И отвраќах си очите тамо и овамо, да не гледам тија страшни лица ни да чујам нихни страшниј глас, и не можех да се скријам от них зашто беха многу безброј, и немаше никој да ми помогне от таја беда, и бех до крај.\nИ тогај видох два светоносни ангели Божии. При мене дојдоха како некои хубави момчиња. Нихна хубавина не може да се искаже, лицата нихни беха пресветли, со очите ме гледаха мило, на главите нихни косата им беше бела како снег, како златна светеше, рубите нихни беха како това што светнуе на небо кога има дожд. Беха крстосани при сисите сос појаси златни.\nТие како дојдоха, и бирден застанаха от десна страна и нешто си тихо говореха. И јазе како видох, и се зарадовах, и весело гледах на них. А тие црните дјаволи, како видеха, и се уплашиха от них, побегнаха.\n...\nИ дојде смерт, како арслан, рикаше страшно, беше како човек а снага немаше, салде голи кости составлени. И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.\nТова како виде мојата смиренна душа, се потресе от страх. И рекоха свјатии ангели на смертта: „Зашто се забаваш? Отдели ја оваја душа от тија зглобови снажни. Скоро и тихо раздели ја, зашто нема тежки грехови.“ И бирден дојде при мене смертта, зема малка брадва и фати да ми отсечуе прво ногите мои, пак руците мои пак зема, другиј халат, пак ми разслаби сите жили, от составите раздели, и не могох веќе да си подигна ни руки ни ноги - сета снага ми се учини како мертва. Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата. Сè ми чужда стана снагата. После направи шербет у чаша, та ме напои со сила. ...\nИ тој час ја зедоха свјатиј ангели у своите руки. И погледнах назад, видох мојата снага, лежеше бездушна како некој кога си соблече свои руби и ги остави и гледа на них. Така ја гледах на мојата снага и многу се чудех. И ме држеха свјатии ангели, а тија страшнии арапи пак нè обколисаха и викаха: „Многу грехови има таја душа!“ И ми показаха греховите мои.\nА свјатии ангели фанаха да тражат мои добри работи, и најдоха сос помошт Божија што бех учинила, и собираха сè што бех добро учинила: ако бех дала милостиња на сиромаси, и што бех гладни наситила, и жеднаго напоила, или голаго облекла, или јабанџиа у дом мој довела, или на болни или затворени бех пригледнала, и што бех ходила со страх у Божија црков, и што бех се молила со слзи и со страх, или четење или поење црковно со срце бех слушала, или тимиам и свешти или друго нешто бех принела у црков, или зејтин у кандила сипала, и што бех целивала свјатија икони со страх Божиј, и што бех постила среда и петок и другии свјатии пости, и што бех метании чинила, и колку ноќи бех се молила Богу и воздихнала и проплакала за греховите мои, и што бех на христиани добро учинила, и кој зло ми чинеше ја не му се љутех и трпех сè што ми чинеха лошо, и некои што беха у жалби и неволи — и јас плачех и жалех со них барабар, или некого от греховни работи отвратих, или си задржих јазик от клетви и л’жи и от праздни зборови, — сите мои добри работи видох ги како днеска учинени и се зарадувах. И ги собираха едно по едно да ги турат на терезиа спроти моите зли работи.\nДјаволите това гледаха и чкртаха со зуби, сакаха да ме земат от руки ангелски и да ме фрлат на дно у мука вечна. И у тој сахат се јави свјатиј Василиа и рече на ангелите: „Господари мои, оваја душа многу ми е измет учинила на мојата старост, и молих се заради неја Богу и Бог ми ја хариза.“ И, това изрече и извади от пазухи свои мех црвен пун. Ја помислих това да е злато, а оно не било злато, ами молитви свјатаго Василиа. И даде го на ангелите и им рече: „Господари мои, кога ќе да идете нагоре, на страшнии ѓумруци дјаволскии, оваја душа да ја откупите сос тој мој мех, зашто е лун сос Божиј дар от мој пот и от мој захмет“.\nТова рече и отиде, а лукавии дјаволи това видоха и останаха како без ум и се заплакаха и отидоха...\nМИТАРСТВО 1\nТамо истражуват грехови и зборови празднии. И тој час ни запреха, извадиха многу тефтери. У них беше написани моите зли грешнии зборови и речи гнасни на шака и на маскара, што бех чинила у моја младост, и смех што бех чинила да се смејат другии. И гледах тамо написани сите мои - луди и гнаснии лакрдии и песни грешни светскии, сè до една реч, што е лоша.\nТија дјаволи сос това ме укориха и се препираха и ми показуваха дека што бех зборила и сос кого сум се залагувала сос праздни лакрдии и разсрдих Бога. Това ја не мислих да е грех и не го исповедах ни се покајах за тие грехови. Това како видох, и молчех како нема, немах што да отговорим на лукавиите дјаволи, зашто така наистина бех чинила. И се чудех како они толку години не заборавиле а ја отдавна бех заборавила.\nА они се това, како денеска зборено, едно по едно ми показуваха. Ја се засрамих и се потресох от страх. Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник. И откупиха ме, и дојдохме от тамо понависоко, и приближихме друго митарство.\nМИТАРСТВО 4\nШто се вика чревоугодие? И ни сретоха бирден, и чкртаха со зуби на нас, и се радуеха како да се нашле голем ќелепур. И видех на тија дјаволи лица гнасни и груби, не може да се искаже. И показуеха манџи и пиења.\nИ видех манџи на тија што многу се прејадувале. И носеха каленици и котли сос манџи, а еднии носеха чаши и грнци сос пиење, се това што се опивале, и това пиење — како гној смрден и како гнасна бљуветина. И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови. Тако тија дјаволи чинеха и укораваха души грешнии на това митарство.\nТија дјаволи ни обиколиха како пси и ни запреха, и у тој час донесоха пред мене сичко многу јадење, и што бех јала скришно, и што бех јала рано па Богу не бех се помолила ни прекрстила. И пианство ми показуеха, и ми показаха тија садови што бех пила от них и викала: „Толку и толку си испила на зиафет сос тија човеци, и на други места сос толку си се опивала сос дјаволски песни.“\nИ у праздници, или у свјатаја недеља пред свјатаја литургиа, ако бех јала или пила, това тураха пред мене, сос това се радоваха. Како идехме нагоре, а свјатии ангели си зборуеха и рекоха: „Голема помошт има оваја душа от свјатаго Василиа. Негови молитви поминаха от тија страшни баждарници.“ ...\nМИТАРСТВО 20\nПоследниј ѓумрук, што е немилосердие, санкиј кој не е милостив и кој е срдит. Беха тие многу дјаволи, и књаз нихни, и се видеше сух и како дремлив от срдење, — дихаше како сос огн немилостив. Тамо без милости се испитуват и истражуват човеци кои биле немилостиви.\n...\nА ја Теодора, сос милост Христова, поминах и таја баждарница без беди. Помогнаха ми секаде молитви свјатаго Василиа што беше ме даровал от неговите добри работи и ме искупи от горкии и страшнии баждарници дјаволски. Побегнах и се курталисах и видох тогај врати небесниј беха како срча много светла, и грееше и сијаше неисказанно. И младии момчина у вратите стоеха како слнце светлии. Тие ме видеха како ме водеха сос руки ангелски, много се радоваха заради мене, зашто Божие милосердие ме покри и ме учува от тие горки баждарници.\nИ мило нас нè сретоха и ме уведоха унатре. Што тамо видех и слушах, о чедо Григорие, не е кабил да ти искажам едно по едно, и не е возможно да се искаже. Видох што око човеческо не видело и чух што ухо не чуло, и не е кабил да се искаже, ни на сердце некому от живите на земјата не му дошло таква благост и сладост.\nИ ме доведоха пред престол Божиј непреступнија слави, обстоимиј херувимами и серафимами и множеством вои небесних, неизреченними песнми всегда славјашчих Бога. И падши поклонихсја невидимому и непостижимому и недоведомому Божеству. И тогива запејаха небеснија сили песн преслатка, прославјајушче милосердие Божие сос шчедроти. Санкии грехови човеческии не се оставља Бог, ами ги жали и ги милуе кога се покајат.\nИ дојде глас от велелепнија слави: повелеваше на тија свјати ангели што ме водеха да ме заведат да видам на сите свјатии домовите, така да видам сичкиите муки на грешните, пак после да ме постават у лепи кашти свјатаго Василиа. И ме водиха на секаде. И видех прекраснија кашти и домове многу, ама не секому, ами на тие кои имале чиста вера и кои поминале из иглени уши“ и на тие кои љубат Бога от чисто срдце. Тамо уготовани преисполнени слави и благодати, ми показаха тие што ме водеха, свјатии ангели, башка ломови апостолскии, башка пророческии, башка зладическии, башка на свјатии мученици, башка башка кашти и домови. Сека кашта и дом красоти нихни и хубавини не може да се искаже, и ширина и должина, рекла би колку Цариград, — ама тие многу поголеми и похубави и покраснии, не сос руки направени.\nнајдолна земља в бездна и видех страшнија и нестрпимија муки во аде грешником што се уготовани за них...\nПак после, пак ме доведоха у мој дом, дека ме видиш, што ми е от свјатаго Василиа, и ме упокоиха овде и ми рекоха: „Сега ти чини памјат, санкиј служат свјатаја литургиа, заради тебе свјатиј Василиа.“ И познах зашто за 40 дни по мое преставление дојдох на ова место покојно.“ Това ми показа свјатаја Теодора.\nПоказала свјатаму Григорију сите хубавини на тија домови и богатство духовное сос многу захмети што беше собрал свјатиј Василиа, наслажденија и славу, и турли турли садови сос златнии листвие. Тому свјатому Григорију му открил всемилостивиј и всеблагиј Бог да покаже тија страшнии двадесет баждарници дјаволскии, — секии православнии христианин да веруе право Христово свјатое евангелие, зашто това показуе правиј пат Божиј.\nСме сички должни да се готовиме за умирање и секи да има на ум тој страшниј час смертниј. Первии христиани, и мужи и жени, ходиле и живеале како ангели со страх Божиј. Зашто свјатии ангели ден и ношт стојат Богу диван и от страх се тресат и треперат. Така и ние сме должни да живееме, а не многу јадење ни многу пиење. Они сè това мислиле — како да си спасат душите...\nЕлате, братие, да си измиеме сироти души. Ама сос солзи се измиват души. Зашто скоро, скоро имаме да поминеме многу долгиј пат. Ох тесен и страшен пат! За тој страшен пат царови секиј пат мислиле, затова от чул кошули носиле. Тамо секого чекат. И имат кој не се исповедал сите грехови написани. Ние чиниме грехови а дјавол ни пленуе умот, да не мислиме страшниј час смертниј.\nО смерте, горка твоја чаша! О смерте, страшнии твои халати! О смерте, без милости биеш! О смерте, тебе не може да те запре ни кале ни врати железни! О смерте, вси Божии ангели милостиви, а ти немилостива! О смерте, и стари и млади сечеш, дробиш, хич не жалиш!\nЗатова сичките свјатии плакале. Они никаков грех немале, а плакале ден и ношт. А ние сиромаси како ќе да поминеме, и како ќе да се јавиме на това страшно судиште? Затова секој човек да се моли Богу и да си мисли тија от Бога посланнија и блаженнија зборови. Блазе кој ги держи тија речи четири: первое смерт, второе суд, третее царство небесное, четвертое мука вечнаја. Троице свјатаја и ти мати Божија, покри и сохрани всех православних христијан о Христе Иисусе, Господе нашем; буди чест слава и поклонение, со отцем и сином и животворјашчим Духом, в Троице славимому Богу, ниње и присно и во веки веков, амин.\nПОВЕСТ – извадоци\nСЛОВО ЗАРАДИ СТРАШЕН СУД БОЖИЈ И ВТОРОЕ ПРИШЕСТВИЕ ХРИСТОВО\n„Во творениих руку твоеју поучахсја“, глаголет пророк. Дух свјатиј учи человеци да познајат от стихии Бога, так и первии свјатии. Тогаи книга немало, а они гледале небо и красоти небеснија. И виделе земља и море и сè што е у них. Зашто има на небо слнце и месец и ѕвезди, и ветрови духат студении и топлии, сите тие мертви се, а ден и ношт ходат и чинат това што им Бог заповедал. Они не се живи, а от Бога се бојат и имат страх. Така и ние человеци сме создание Божие, — да познаеме отца нашего Бога.\nПерво создал Бог десет чинови ангелскии. И перв ангел бил многу хубав, ама помислил една грешна помисл. Затова паднал от Бога и от небо и се учинил темен и страшен дјавол. И негово место останало праздно. Затова после создал Бог небо и земља. И от земља создал перваго человека Адама и го поставил у рај да седи. И му рекл: „От сè да јадеш, а от едно древо што е по среде рај да не јадеш. Ако јадеш от него, ќе да умреш.“\nА дјавол видел Адама у голема красота у Божии светлости и завидел дјавол Адаму и рекл на жената Ева: „Да јадете от древото, да бидете големи како Бога.“ И јале от това древо и се виделе голи.\nЕте от завист дјаволска дошла смерт. А затова создал Бог човеци, да идат на това от дека испаднале дјаволите. А сега човеци от грешно живеење не познават ни Бога ни закон Божиј, ами ходат и живеат како безумни добици. Затова рекле свјатии Божии: „Вол и маска познават своите стопани, а мои људи не ме познават мене Бога. Аз есм создал небо и земља и море и вас человеци, а вие неќете да ме познаете. Ја ваш и отец и Бог и создател.“ Ох голема ваша слепота! Вас ви влече дјавол надолу, а вие не познавате како ќе да пречекате страшнаго судија Иисуса Христа. Он ќе да дојде, да суди и живи и мертви.\nТамо на страшен суд ќе да оживеат от гробовите сите умрени, и грешни и праведни, и верни и неверни. А правите ќе да летнат да не ги фане огин. Зашто тогај земља ќе да се запали, да гори со силниј огин. Толку е силен тој огин, да падне морето и сите реки у тој огин, не можат да угасат ни една искра.\nСлушајте колку љути и тешки муки ќе да дојдат на тие човеци кои неќат да се покајат и кој не слушат свјатое евангелие. Них ќе да ги запали тој силниј огин, да ги мучи. А праведни ќе да летнат високо како орли, да пречекат Христа на облаци. А грешните ќе да останат на земља, темни, гнасни, и грозни, и страшнии, и тешки како олово. Ох! И тој огин ќе да ги завлече у муки огнении.\nЗатова сме сите христиани должни да сакаме: зашто наша живот ест на небо. Тамо ќе да сме живи во вечнија и безконечнија веки, а овде сме сургун. Оваја живот ест кратка како роса и слана, и како трава и цвет и дим. Тие скоро гинат. Така и ние човеци скоро ќе да умреме и ќе идеме тамо на вечна живот. Тамо никој пат не се умира. Затова да живееме со страх Божиј, зашто дјавол ест књаз на овој век, ходи по човеци и рика како арслан страшно — сака да ни изеде живи. Това е и така јаде дјавол човеци, боде и бие, им зема вера и им краде ум, да не мисљат греховите и да заборават умирање. Со това бие дјавол човеци. Тие се стрели дјаволски. И учи човеци да мисљат за стока. Тие, кои това мисљат, тие се врзани. Они се сос души и снаги у темници. Тие не видат ни умирање ни грехови нихни.\nСлушајте сега: има троица свјатии живи — свјатиј пророк Енох и свјатиј пророк Илиа и свјатиј Јоанн Богослов. Тие три свјатии ни јадат ни пиат, а се живи от сила Божија. А тие ќе да умрат, Антихрист ќе да ги убие, и по три дни ќе да оживеат со сите свјатии заедно. А сега што умират човеци, тие души поминуват по страшни баждарници дјаволски. Тие чекат души христиански, и мужи и жени от десет години више, фаштат секого тамо и запират за секакови грехови. Кој не се исповедал, тамо тие дјаволи таја душа ја држат. Они имат сите грехови написани на нихни книги. Затова, кои се исповедат, им се отписуват сите грехови от книгите дјаволски. Затова христиани писуват умрените на свјатаја литургиа. Кои умрени се поменуват на свјатаја литургиа, тие се куртулисуват от руки дјаволски. Така рекл Христос. Сите христиани така да чинат, со таја свјатаја литургиа се простујат сите грехови на човеци.\nА што раздават вино и хлеб и манџи, това не дава закон. Первии христиани така чиниле, како рекл Христос. А сега се собират, јадат и пиат. Некој да ги пита што е това, а они зборат: „Чиниме за душа“. Ох слепи! Това е чуждо от свјатаја црков. За них требуе свјатаја литургиа, а не јадење и пиење.\n…\nСлушајте како ќе да биде страшен суд. Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин. Толку е силен тој огин, — да падне морето и сите реки у тој огин, не можат да угасат ни една искра.\nСлушајте колку љути муки ќе да купат грешните сами себе. Зашто не ќе да ги мучи Бог, ами ќе да ги мучат нихните грехови зашто не се покајале. Ако би се покајале, Бог би ги простил. А тие кои ходат по баење и по маѓии и кои сон верујат, тешко и горко ним! Тие се предани на дјавола. Тогаи ќе да се јави честниј крст от небо, ангели ќе да го носат и ќе да го постават на това место дека бил Христос распјат. И ќе да дојде Христос со сите свјатии ангели, и ќе да се соберат пред Христа и живи и умрени човеци. Тогаи ќе да оживеат сите умрени и ќе да се млади сите на 33 години, сите ќе да се еден бој, муж и жена сè едно лице. А правите ќе да се зарадуват голема радост кога ќе да видат честнаго крста, а грешнии и невернии страшно ќе да се уплашат. И ќе да се отвори пред них страшна јама длабока и ќе да прати Бог ангели да ги фрлат у јамата, што е силниј огин. А правите ќе да летнат високо како орли и ќе да се лични и светли како слнце и хубави како ангели. А грешните ќе да речат: „Ох, зашто не се покајахме?“ А тие сега кои се покајат, Христос ги простуе. Нема човеци грешни колку е грешен дјавол. И тој да се покае, и него простуе Владика Христос.\nСлушајте сичкии вие што сте грешнии. Христос простуе дјавола, и вас ви простуе, ами сака да се покаете. Не се мучил Христос за правите, ами се мучил за грешните. Така рекл Христос: „Жена ако заборави свое чедо, а ја вас не ви заборавам, кои имат вера Божија и кои чисто живет.“ А кои немат вера и грешно живеат, них неќе да ги види. Они смрдат Богу како пси. Они се дјаволски.\nХристос вика сите човеци и така кажуе: „Кои чука на моја врата, ја му отворујам.“ Това е чукање, кои имат вера, тие се Божиј, а кои не верујат евангелие, тие се дјаволскии. И да се чувате от сите грехови и да се исповедате сичките грехове. Ама ако се исповедат, а не се уплашат от Бога, не им простуе Бог ни еден грех, зашто немат вери.\n...\nЧуете ли колку е силно свјатое исповедание? Да знаете чисто зашто духовник зема души грешнии от руки дјаволски и ги доведуе у царство Божие. Кои не се уплашат кога се исповедујат, а они тако ќе да се уплашат на страшен суд Божиј. Тамо ќе да се појават грешните голи и темни и страшни, и ќе да прати Бог ангели немилостивии да им врзат руки и ноги у страшни синџири железни и ќе да ги заведат у муки. А правите никако не ќе да се ни гладни ни жедни. Они ќе да се сити пред свјатаја причестна.\nИ сега има две тела на небо, Христос и пресвјатаја Богородица. Тие се на сите христиани урнек. Тие отишле на небо. Така правите ќе да идат на небо при Христа, а грешните ќе да речат: „Ох тешко и горко нам зашто не се покајахме! Да се проклети тие години и тие дни што сме жиле без покајание!“\nА тие кои имале грехови, пак се покајале, блазе на них! Они ќе да се со правите у рај. И тие кои се мажале со белило, тие тамо ќе да ги помажат со кибрит. Зашто оние носиле лице дјаволско. И за тие грехови ќе да ги јадат и гризат љутии змии и страшни жаби. Ох тогај ќе да се заплачат грешниите и ќе да се плашат души от снаги, едни от други грешните души от снагите нихни, и ќе да се хуљат и клеветат едни други души и снаги. Ама ангели Божии ќе да ги накарат со сила, и ќе да влезат душите у снагите. Тогаи ќе да речат душите на снагите: „Да сте проклети вие, снаги! Вие сос многу јадење и со многу вино пиење, вие сте ни затвориле нам рај.“\n...\nКолку ќе да паднат грешните у муките, тогај ќе да запеат ангели чудни и дивни сладки песни, да славословјат Бога вседержитеља. А грешните со многу слези и плач ќе да речат: „Ох, како не сме умреле млади, би се курталисале от овој страх и от овие љути муки!“ И ќе да посакат смерт, да умрат, а смерт ќе да побегне от них. Тогај ќе да фанат да викат: „Елате гори и планини, да ни покриете живи! Елате и вие, ѕверови, да ни изедете живи докат не сме паднале у љути муки! Ох, тешко и горко нам зашто сме слушале снага!“\nИ ќе да погледат на пресвјатаја Богородица, она да моли Христа за них, да ги прости. А она ке да им рече: „Ја секи час, и ден и ношт, молех сина моего за вас. А вие, слепи, зашто не се покајахте? Вие сте слушале снага и дјавола. Сега син мој не е милостив, ами е судија страшен. Сега он не слуша никого.“ Тогај ќе да речат грешните: „Сме биле синове Божии, а сега синове дјаволскии. Сме можеле да бидеме сити, а сега ќе да сме гладни во веки.“ И от глади грешните ќе да си јадат и жвакат и гризат јазиците. Тогај ќе да речат душите на снагите: „Тешко и горко вам, проклети снаги! Тие манџи, и това вино, што сте пиле без хесап, тие сега ќе да се учинат да ви горат и мучат.“\nТака ќе да се раздељат грешните у љути маки, а праведните при Христа в безконечнија веки, амин.", "subject": ["Јоаким Крчовски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BC_%D0%9A%D1%80%D1%87%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/_%D0%A7%D1%83%D0%B4%D0%B5%D1%81%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B2%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 8269, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3896", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мита плената", "text": "Мито, мори Мито, бела Русуменке,\nБог да ти убиет твоја мила мајка!\nБог да ти убиет твои мили татко!\nШто ти напраие стред село меана\nПо крај берберана, по крај мизиљана.\nТука поминае три млада Татари\nТри млади Татари, три млади беќари;\nКонак ти сторие на твоја меана,\nИ ми ти рекое три млади Татари:\n„Точи, Митро, точи вино немерено,\nКога ке се врата, тога ке ти плата.”\nИ им наточила вино немерено,\nТурци си седнае ручек да ручает,\nВино го испие, Митре је викнае:\n„Точи, Митро, точи, жити црни очи!\nВино ке платиме и ке надплатиме.°\nМи точила Митра колку што сакале,\nИ Татари тога ми с' опијаниле,\nНа Татари Митра пари посакала;\nН' извадое пари тие да је дает,\nТуку си ја тие за р'ка фатие,\nЗа р'ка фатие, зат коња фарлие,\nСи ја однесое во нивното село,\nВо нивното село, при нивната мајка.\nМитра ми плакала, мајка си к'лнала:\n„Леле мајка, леле, бог те убил тебе!\nЛели јас си седеф мајкини пазуи,\nЛеле јас си седеф таткини скутеи;\nЈа к'де сум си дошла сега в Турски р'це\nТурски р'це, мајко, во млади Татари.\nШто поборго, мајко, ја да си прежаљам,\nАљ моето руво, аљ мојот вилеет?\nЕле, мила мајко, се да забораа,\nКак да забораам дена Велигдена,\nШто си го молифме и си го чекафме,\nИ си го чекафме со јајце црвено!\nА овдека, мајко, ја што ке познаам!\nНезна, мајко, незна кога је Велигден!\nОвие имает еден Турски бајрам,\nИ тој не го знает во кој ден ке бидит.\nИ мојата живот, мајко, не се знаит,\nЗа мојата вера крвта ке пролеа!”\nКако што си рече, Митра така стори.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D0%B0_%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 279, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3898", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Ганка Балканка", "text": "Направи Стојан, Стојане,\nНаправ' железни ц'рвули,\nОште жилезна тујага,\nЧи тргнал Стојан да трси\nДа трси лика прилика.\nХодил е Стојан, ходил е\nХодил е девјат години,\nПак си Стојан не намери\nЗа себе лика, прилика.\nЧи си отиде млад Стојан\nВ Борич касаба голема,\nИ там е Стојан намерил\nЗа себе лика прилика\nНамерил Ганка Белканка.\nГанка по чушме ходеше,\nМежду робинки врвеше,\nДвете скутови држеха,\nИ три и п'та метјаха.\nСтојан на Ганка думаше:\n„Ганка ле бела Беланке!\nСтана до девет години,\nЛика прилика не најдох,\nТи ми си, Ганке, прилика.”\nГанка Стојану думаше:\n„Стојане, холам Стојане!\nПитај Стојане мама си,\nДали ште каил да стани,\nТи ми си чисто Б'лгарче,\nПак аз с'м клета Чифутка.”\nСтојан у тех отиде,\nИ на мама си думаше:\n„Мамо ле, мила мамо ле!\nНамерих лика, прилика\nПрилика Ганка Белканка;\nTja cи мја, мамо, проводи\nДа ми тја, мамо, попитам\nДали штем каил да станеш,\nДа зема Ганка Белканка,\nКату е клето Чифутче,\nПак аз с'м чисто Б'лгарче.”\nСтојанавата мајчица\nТја на Стојана думаше:\n„Стојане, холам Стојане,\nЈа земи си го, Стојане,\nЧифутче ст'ава Б'лгарче,\nВ черкова шта го заведем,\nВ черкова шта го прикрстим.”\nИ Стојан стана отиде,\nНап'лни мишин дисаги,\nНап'лни ж'лти алт'ни,\nЧе вов Бopгac cи отиде,\nНа бјала чушма застана,\nЧе прсна ж'лти алт'ни.\nГанка алт'ни береше;\nСтојан алт'ни не гледа,\nНај Стојан гледа земи\nХубава Ганка Белканка,\nИ сја на бога молеше!\n„Да си падни т'мна м'гла!”\nДе стоја господ, да слуша,\nПаднала ми т'мна м'гла,\nТа си Чифутче укрила;\nВов ч'ркови го завели.\nЧ'ркви с' сја затворили,\nИ попови оп'лтели.\nСват Неделко си продума:\n„Стојане, холам Стојане!\nДа не сме нешто роднина?”\nСтојан Неделку думаше:\n„Неделко, свату Неделко!\nКаква ште да сми роднина?\nАзи с'м чисто Б'лгарче,\nПак тја е клето Чифутче.”\nКога си с' распитали,\nЧи то били брат и сестра.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%93%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%91%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 331, "cyrillic": 0.997}
{"id": "3900", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јована и дервиши", "text": "Јовано, лична, Јовано!\nНаправи ладна меана,\nПрави висока керхана\nНа два п'та, на два друма,\nДек' врват људи секакви,\nДек' врвит криво и слепо.\nТам седе лична Јована,\nДа си збрала триста калфи,\nТа продава рујно вино,\nРујно вино, љута ракија.\nПречула ми се Јована,\nС убавина, гиздовина,\nНајповике со работа,\nНа сета земја се пречу\nСета земја околиа\nИ Вардаска Вардариа,\nНа Солунската наиа;\nДур' се пречу на Дервишка\nДервишка далечна земја.\nНели дочу Дервиш-баша,\nТа си собра триста души\nТриста души, голи Дервиши.\nНавјанаа брзи коњи,\nКинисаха ке си појдат\nКе појдат Јова да пленат.\nКа дојдоха до стрет п'тот,\nНел' дотекна на Јована,\nТа се качи на меана,\nТа разгледа горе, долу\nГоре, долу по друмове;\nНигде ништо не загледа.\nСе здадеха темни м'гли\nТемни м'гли и прахови.\nНе са били темни м'гли,\nТок' били голи Дервиши.\nСкоро скоро се свалила\nИ на калфи им говоре:\n„Варај калфи вие шегарти!\nТоку идат триста души\nТриста души голи Дервиши.\nКа дојдат голи Дервиши,\nСтолови да им кладете\nИ чаши да им дадете.”\nДур си речта да дорече,\nДојдоха голи Дервиши,\nИ излезеха шегарти,\nТа фатиха брзи коње,\nИ им столови кладоха;\nНа сите вино дадеха.\nТогај веле Дервиш-баша:\n„Не сме дошле да пиеме,\nТук сме дошле да плениме\nДа плениме лична Јова.”\nТога веле лична Јова:\n„Лељ сме дошле да м' плените,\nЈазе сакам, с вас ке дојдам.\nКе појдиме црно море,\nКе ви пливнам по морето\nВие по мене да пливнете;\nКој преплива црно море,\nТои мене ке ме земе.”\nПослушаха лична Јова,\nТа и вељат и говорат:\n„Ке одиме црно море.”\nТа станаха, та појдеха.\nТа спливна лична Јована;\nДервиши спливнаа по неја.\nКа си појде до стред море,\nСе поврна за да виде –\nКалпаци пливат над море,\nДервиши немат по неја;\nПа она назад се врна,\nСе врна излезе на крај,\nДа си појде на механа,\nНа калфи веле, говоре:\n„Турејте ми чаша вино,\nЗашто сум си уморена,\nДур' д' издавам триста души\nТриста души голи Дервиши.”\nЈе туриха рујно вино,\nЛична Јова та се напи;\nОт з'б на з'б в грлo немат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%88%D0%B8", "word_count": 357, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3902", "title": "Зборник на Миладиновци/ Жална Кана", "text": "Мори Кано, жална кано!\nБог да бие врли Турци!\nШто фарлиха зла ифтира ,\nЗла ифтира турска беда,\nОти Турчин си љубила,\nМладо Турче Јаничарче.\nТе фарлиха в темен з'ндан,\nТе удриха судна м'ка,\nС тежок тумрук на ноѕете,\nДребен синџир на грлото,\nБелезии на р'цето;\nСудна м'ка ми те м'чат,\nСакат да ми те потурчат.\nБог да бие твоја тета,\nШто си дојде на мајка ти\nДа и веле и говоре:\n„Варај сестро, мила сестро!\nШто си стоиш, што си гледаш?\nСтан' д' одиме на з'ндана,\nДа видиме жална Кана,\nДаљ је жива, даљ си умре.”\nТвоја мајка ја послуша,\nТа дојдеа на з'ндана;\nОт далеку ми си викат:\n„Мори Кано, мила штерко,\nДаљ си жива, иљ си умре!”\nЖална Кана се провикна\nСе провикна од з'ндана:\n„Жива сум си, на м'ка сум;\nС тежок тумрук на ноѕето,\nС дребен синџир на грлото,\nС белезии на р'цето,\nСакат мене да потурчат.”\nБог да бие твоја мајка!\nТогај веле и говоре:\n„Дај си вера, милна штерко,\nКе загиниш уште млада,\nНа пуста младост неодена,\nНа рухо ненаносена,\nНа оро ненаиграна,\nНа песни ненапеана.”\nСе провикна жална Кана:\n„От бога, мале, да најдеш!\nКа дојде, мале, да не дојдеше\nМ'лчи, мале, онемела!\nДека стоиш ослепела.\nКак си вера да предадам,\nШто ја прво да забравам!\nДал на оро ке ме видиш?\nАљ на гости ќе ти дојдам,\nИљ на гости ке ми дојдиш?\nИли браќа ке пречекам,\nИли в црква ке си одам,\nИли Велигден ке чинам,\nЕли божик ке дочекам?\nЕден ден имат в година\nДен си имат, ден бајрам,\nПа не знајат кога идит.”\nКак дочуха врли Турци,\nОште в м'ка ја удриха;\nНе им стигна тежок тумрук,\nНе им стигна дребен синџир,\nНе им стигна белезии,\nВ нокти спици и набиа.\nДуша даде, а не вера.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%96%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 309, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3906", "title": "Зборник на Миладиновци/ Добра Бољарка", "text": "Хубава, Добро, болјарко,\nБолјарко, Добро, безчадко!\nСами сја Гопод поткани,\nМанастир да си загради,\nМанастир нови черкови.\nНе достигнало на бога\nОт сухо злато плавено,\nМанастир да си догради,\nВратата да им излее.\nТој запрати два Ангела\nУ Добра, у болјарката,\nТа па си Добри говорат:\n„Хубава Добро, болјарко,\nБолјарко, Добро, болјарко!\nБолјарко Добро, бездетко!\nСами ни господ допрати,\nДа му призајмеш Добро ле,\nОд сухо злато плавено,\nМанастир да си доправи,\nВратата да им излее.”\nДобра им тихом говори:\n„Два Ангела, Арангела!\nПризаела бих на Бога\nОт сухо злато плавено,\nМанастир да си догради,\nМанастир, нови цркови,\nВратата да им излее;\nАла ми је хатар на Бога,\nЧе и мен' смјеша не је дал,\nИ с либе да с'м смесена.\nВчера си биле пет свадби,\nПет калешки сја тргнали,\nВсекого си калесале,\nКоја кума, која старосватка,\nКоја деверова мајчица;\nА мене никој не вика,\nНи кума, ни старосватка,\nНи деверова мајчица.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0_%D0%91%D0%BE%D1%99%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B0", "word_count": 153, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3910", "title": "Зборник на Миладиновци/ 84 песна", "text": "Маре Стоене, Стоене!\nРазбољал с' је млад Стојан\nНа врх на Стара планина.\nНемало кој да го гледи,\nГледале с' го два орли\nДва орли, два мили брата.\nС уста му вода носиле,\nС криле му сенка чинале.\nСтојан на орли глвори:\n„Два орла, два мили брата!\nПонагоре се дижете\nДо где ми душа излезе,\nТа па тогава паднете,\nБело с' месо наеште,\nЧерни сја крви напите;\nБело је месо јуначко,\nЧерни с' крви левентски.”\nНа орли кажат Стојану:\n„Море Стоене, Стоене!\nТа не сми дошле, Стоене,\nКрвите да ти пиеме.\nАми сме дошле, Стоене,\nТеб' да си јунак гледаме.\nЗнаиш, Стоене, паметвиш,\nКога в пожара горехме,\nТа си тојага подаде,\nТа ни из пожар извади?”\nСтојан на орли говори:\n„Два орли, два мили брата!\nАз немам мило братенце,\nВие сте мене два браќе.\nЗнајте ли мојте дворове?\nТам има дрво крстато,\nИдете на мојте двори,\nПаднете на това дрво,\nТа жално, милно грачајте:\n„Ти Стојанова мајчице!\nЈа хајде да те заведам,\nПри твоего сина Стояна,\nЧе лежи, та ште да умре,\nЧе му си риза ушила\nНа личен ден на Прокопиј,\nИ љуто го си поклела,\nПуст'а с' клетва зб'днала\nСб'днала скоро стигнала.”\nПослушале го два орла,\nПа си на двора отишле,\nТа на дрвото паднале,\nТа жално милно грачале.\nИзљала мајќа Стојану,\nТа је со орли отишла,\nНа врх на Стара планина.\nКат' го видела мајка му,\nЖива го та прегрнала,\nА мртви сја разгрнале.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_84_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 240, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3914", "title": "Зборник на Миладиновци/ Пословици", "text": "Друг' јадит нездрелото, другему оскомината. –\nТумба тумба за три дни, оф леле за се дни. –\nКак ке солиш, так' ке сркаш. –\nКак ке дробиш, так' ке јадиш. –\nСтрадна мајка за кељаего сина. –\nКои праит палица за својата главица. –\nТаква глаа, таков брич. –\nЗло трн, зло копачка. –\nРани куче, да те лаит. –\nТричав ти мелиш воденица. –\nНа два татка без капа. –\nАко не течит, капит. –\nИ кокошката пијет вода и на угоре се пулит. –\nНа чело Ристоса, в пазуа ѓаолот. –\nАко пасат тревата, корењата стојат. –\nОстаи еден, бувни други. –\nОвој век, како снек. –\nКому мајка, кому м'штеа. –\nСмирни калугери стреда петок мрсат. –\nВолкот не чуват пастарма. –\nИмаш пара, имаш фара. –\nРоди ме со касмет, та фрли ме на буниште. –\nСлеп слепца водит. –\nБрат брата не ранит, тешко кој го немат. –\nГосподи брани от голи Дебрани. –\nСладко благо крв излегвит. –\nОт трн трандафил, от трандафил трн. –\nКрушата пот круша падинат. –\nПомина зимата, чуму ти је гуната. –\nКој се фалит не палит. –\nШто је попово да је готово. –\nСо една ластоица не идет лето. –\nОт чуш коњ на пол п'т те сметинает. –\nСекоја круша и шишка. –\nСе посмеја 'рбол на штрбол. –\nЈа опули се, ја ти и опулвет. –\nБели пари за црни дни. –\nКако срце болило, така очи плакале. –\nФрли глиста, најде јагуља. –\nИ ја можам и коњ можит, кога господ не поможви. –\nГавран гаврану очи не копат. –\nИ петелот му носит јајца. –\nНе те имам за црни очи. –\nДва камења љути не мељат брашно. –\nКога дојде умот си појде кумот. –\nОт маста хаир немат, не от изварокот. –\nДва питача н' една врата. –\nШто је ракот, што му је сокот. –\nНи лук јал, ни лук мирисал. –\nБлизната јарш је поблага от чеинца. –\nНе учи старец да макат јајца. -", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 287, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3904", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мариа плената", "text": "Кинисала ми мила Мариа\nМила Мариа на жетва д' оит,\nЛен да ми берит, јачмен да жниет.\nМи ја стретие Турмана Турци\nТурмана Турци, Катум Еѓупси,\nЈа поплени'е мила Мариа,\nЈа однесое Катумско село.\nШто ја држале за три години\nЛете на с'нце, зима на чарен,\nДур' ја сторие Катум Еѓупка,\nДур постигнала м'шконо дете.\nТа је дадое два стапа в р'це,\nТорба на рамо, дете на р'це,\nТа ја пуштиа мила Мариа\nОт село в село лебец да питат;\nИ ми одела мила Мариа\nОт село в село, от куќа в куќа,\nИ ми отиде в мајкино село,\nВ мајкино село, вујкоа куќа, -\n„Дарви ме, вујко, жити Мариа!” -\nАјде от тука црна Еѓупко!\nКамо Мариа ја да те дарва?”\nОт тука стана мила Мариа,\nПак си отиде таткина куќа –\n„Дарви ме, татко, жити Мариа!”\nИ татко викат от висок чардак:\n„Ајде от тука Катум Еѓупко!\nТа камо ми ја мила Мариа,\nЈа да те дарва, да те пречека!”\nОт тука стана мила Мариа,\nПак си отиде у мила мајка:\n„Дарви ме, мајка; жити Мариа!”\nТога је велит милата мајка:\n„Ајде от тука црна Катунке!\nКамо Мариа ја да те дарва,\nЈа да те дарва, да те промена!”\nТога је велит мила Мариа:\n„Егиди мори, мила мајчице,\nЈас ми те знаам, ми те познаам,\nТи оти си ми мила мајчица,\nЈа сум ти, мајко, мила Мариа,\nАли ме знаиш, ал' ме паметвиш,\nКога ме пушти на жетва д' ода,\nЛен да ти бера, јачмен да жниа,\nРучек да носа на аргатите,\nТа ме стретие Турмана Турци\nТурмана Турци Катум Еѓупси,\nМе пление мила мајчице,\nШто ме држае за три години\nЛете на с'нце, зиме на черен,\nДур' ме сторие Катнун Еѓупка,\nТа ми дадое два стапа в р'це;\nТорба на рамо, дете на р'це,\nТа ме пуштиа от село в село,\nЛеп да си питам, дете да ранам,\nОт село в село дур' наше село,\nОт куќа в куќа, дури у вујка.\nПрво си викнаф у мили вујко;\nА мили вујко не ме познало,\nНе ме познало, ме искарало.\nОт тука станаф у татха дојдоф,\nИ мили татко ме искарало.\nОт татка станаф при тебе дојдоф,\nАли ти, мајко, не ме познааш?\nА камо ми го брате Георѓа,\nА камо ми ја сестра Селфиа,\nТа белки тие ке ме познает.”\nТога се спушти Марина мајка:\n„Егиди мори керко Марио!\nКога си знала сите имина,\nВистина ти си мила Мариа\nМила Мариа, моето чедо,\nШто загинало за три години;\nСе што ми кажвиш, керко, така је.”\nВака во дворје не си ја кладе,\nТук' је однесе во лепа црква,\nТа што си викна попа и кума,\nСи ја прекрсти мила Мариа,\nСи ја прекрсти, си ја промена,\nСи ја викаше мила Марио,\nИме је кладе мила Миличке.\nСи завалие два силни огна,\nТа го фарлие Катум Еѓупче,\nГо изгориа, го испекоа;\nСи ја собраа белана пепел,\nТа је фарлие по силна река.\nПосле разбрале сите свои луѓе,\nГости сториле за три недели,\nИ после си се изразделие\nИзразделие кој от к'д дошол,\nКој от к'д дошол, дома си ошол.\nТекраф је честат мила Мариа,\nПо зијафети за три години,\nШто је држале мила Милинка,\nН' је изваие на јасно с'лнце,\nДур је сторие бела Бугарка.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B0_%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 545, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3908", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и патрик", "text": "Мама си рожба родила,\nИме је било Стојане,\nВ златна го љулка љуљала,\nКато љулала, думала:\n„Нани ми синко, синко Стојане\nHaни лe, расти порасти\nКато си, синко, порастеш,\nЦарството да си отрвеш\nОт чужи р,це, Стојане,\nШто ти је царство баштино,\nБаштино уште мајчино.”\nСтојан мама си думеше:\n„Мајно ле, стара мајчице,\nМного ми в срце нарани.\nИмам ли сабја френгиа,\nИ д'лга пушка бујлиа,\nИ чив кубуре пиштоле,\nИ стар ми баштин буздоган?\nЦарството да си отрва\nОт чужи р'це, мамо ле,\nШто ни је царство баштино\nБаштино, уште мајчино.”\nМама Стојану думаше:\n„Синко Стојане, Стојане,\nСичко, Стојане, си имаш,\nТуку си коња отседлај,\nРано в недеља си стани,\nВерно се богу помоли,\nВојската, синко, собери.\nАл' ште ти мало нар'чам,\nКако си, синко, отидеш,\nРедум се с војска нареди,\nПо брда и по планини,\nИ от никого си не бои,\nСамо от Грци лукави,\nЛукави уште издатци,\nШтото и башта тју издадоха,\nВ Едрене града голема\nСо седумдесет и две хилјади,\nТам си го Турци плениле,\nВојска му сичка узтурчиле.”\nКато Стојан отиде,\nРедум се с војска нареди\nПо брди и по планини,\nЗафана сички боази,\nВтичка не пушта да фркни.\nГде го је зачул Патрико,\nПатрика из Цариграда,\nПраво при цара отива,\nИ на цара си думаше:\n„Цару љу чести Падиша!\nЧестито да ти царството!\nЧул ли си, цару, рaзбрал си,\nЗа Стојан млади Војвода\nОт голема града Трнова,\nШто се је с војска подигнал,\nЦарство да ти отрве,\nЧи му је било баштино,\nБаштино уште мајчино!”\nЦар си Патрику думаше:\n„Патрико милет башио!\nЈас иска војска да прата\nСрешту Стојана Војвода\nСедумдесет и пет хилјади.”\nВојска си рано станала,\nПатрика си е' поведе.\nВарвеле, што си варвеле,\nМинале поле широко,\nНастале гора зелена.\nКато си Стојан изгледна,\nСтојан ми млади Војвода\nСо ж'лто рокче провикна,\nСобра си сички Војвода,\nИ на Војвода думаше:\n„Војвода, млади јунаци!\nРазвивајте крвави бајраци,\nКојто је јунак нат јунак,\nМеста ште него покаже.”\nСички Војвода думаха:\n„С радосно срце утиваме,\nПатрико штем жив да донесем.”\nПатрико беше похитар,\nТој се от војска изм'лкна;\nСички му Турци исекле.\nАљ ето ти јада гољама,\nПатрика с Арапи достигна.\nСтојан си назад поврна,\nИ скри сја в г'сти планини.\nПатрика си назад поврна,\nИ на царот си думаше:\n„Цару љу, честит Падиша,\nНали ти, цару, аз казах,\nКолку от стари остали\nСичките да ги изтурчиш.\nДецата да им поробиш,\nПопови да им изколиш,\nВладици да им избесиш,\nЦрквите да им собериш,\nТоги шта, цару, в мир бидиш;\nАз ште из нашке да прата,\nТе штат да б'дат поверни.”\nЦар си Патрика послуша,\nИспрати, да ги исече,\nИсече сички попове,\nИзбеси сички владици,\nИзтурчи млади децата,\nСобори сичките цркви,\nИ много от тех изтурчи.\nЗаплака малок и голем,\nКакво је зло нападнало.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BA", "word_count": 466, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3916", "title": "Зборник на Миладиновци/ Сопствени народни имиња", "text": "М'шки. Неделко, Момчула, Раде, Рале, Трпче, Стојан, Цветко, Мито, Неро, Вељан, Босилко, Гроздан, Станко, Кале, Темељко, Недан, Миле (Миљо), Трајан,\nБогоја, Секула, Крстан, Солун, Кипре, Славе, Тренче, Огнен, Угрин, Доре, Драгое (Драгњо), Драган, Миљо, Ењо, Стоил, Стојко, Радул, Средко, Ваљо, Величко, Горан, Марин, Тиљо, Рајчин, Ралин, Златан (Златјо), Волкан, Наум, Климе, Праџо, Запран, Стрезо, Бошко, Садо, К'нчо (Кунчо), Копчо, Крајо (Мирчо), Цоко Цако, Груло, Вишно, Джурко, Божил, Прван, Пако, Лало, Лако, Цонко, Пано (Пан), Дано, Жиљаско, Понко, Вељо (Велко, Велико), Деан, Моско, Гр'дјо, Бењо, Гаџо, Момчил, Гањо, Љубен, Искро, Цеко, Стојмен, Душко, Којо, Салчо, Сабо, Обренко, Ѓуро, Курт, Тончо, Толе, Банче, Милен, Дејко, Мешко, Мено, Рашо (Рашко), Дико, Спас, Блаже, Пенчо, Марин, В'лко (Ваљо), Делчо, Неделко (Недјо), Најдин, Нешо, Љуљчо (Луло), Нешко, Нано, Пројчо (Пројо), Врбан, Нено, Бончо, Нетко, Дојчо (Доко), Боро, Смиљ, Коман, Куман (Кузман), Главчо, Цеко, Геро, Рад (Радул), Нојо, Черњо, Драгул (Драган), Бранко (Брајко), Тољо, Видин, Видул, Мањо, Семко, Десо, Влајко, Дочо (Дончо), Добри, В'љо, Грујо, Њагул, Доле, Дељо, Баљо, Добре, Ризо, Станиш, Лило, Дејко, Стојмен, Гадјо, Рогљо, Петелко, Златан, Камче, Лигдо, Катил, Целе, Дуче, Сасо, Смилко, Пипиле, Шуте, Чубне, Чудо, Рилко, Доко, Љубомир, Којчо, Гоне (Гонче), Митен, Дуко, Корун, Тено, Нако, Божин (Божил), Керо, Барбарос, Пројчо, Велигден, Сиљан, Тано, Мангл, Нихтен, Ѕано, Трне (Тримче), Питилче, Дешо, Здраве, Витан, Матли, Безе, Грден, Кордо, Буне, Бејко, Туле, Шулко, Ѓого, Ѓоно, Ничо, Геле, Саздо, Дано, Косе, Краљ, Дочо, Љаско, Китан, Којко, Тадеш, Дардан, Србин, Гаџо.\nЖенски. Рада, Биљана, Арса, Трпена, Стојна, Цвета, Мита, Румена, Меглена, Неша, Велика, Стамена, Каља, Бисера, Темјана, Кира. Неда, Војдана, Бојана, Милка (Милкана), Доља, Доста, Крста, Злата, Трена, Маља, Ракида, Слава, Лоза, Волка, Бошка, Најда, Њага, Цона, Кера, Лала, Врба, Цана, Дона, Божана, Нона, Рада, Пена, Гроздана (Грозда), Богдана, Рајка, Бојка, Груда, Лула, Митра, Гена, Гана, Мана, Недеља, Macлинa, Веља, Салка, Боја, Пана, Понда, Дејко, Младина, Надежда, Деспа, Петкана, Пројка, Вуна, Нена, Динка, Којна (Којко), Epинa, Лака, Буда, Јова, Сосамка, Чубра, Пејка, Ружа, Митана, Благуна, Пеца, Лада, Крајна, Тиха, Султана, Латина, Благатка, Коца, Живка, Доља, Чона, Танка, Бена, Бела, Грозда, Енка, Доја, Маса, Проја, Виша, Пауна, Божана (Божа),\nНуна (Нунта), Алтано, Чона, Зимба, Орда, В'лкана, Бина, Ѕвезда, Мренка, Гуна, Зура, Чубрика, Гутка, Мана, Цоца (Цуца), Висла, Вида, Руса, Јаглика, Гана, Дака, Дуња, Стреда, Дуда, Дремуша, Перуница, Дардана, Бела, Краља, Горготина, Дена, Кана, Сипана, Гуга, Кита, Дока, Грумка, Гилина, Дина, Гела, Веља (Велика), Ѓурѓа, Љулеа, Гида, Кана, Меруда, Гуга, Разделина, Додана, Шапердана, Дардана, Љубика, Маса, Мена, Божана, Гркина, Депа.\nПрезимина. Гагов, Хрељков, Мр'нков, Мушмуло, Забунеков, Меслеков, Тумбеков, Батулов, Азман, Тумангела, Туманпенгела, Драџов, Фингар, Керек, Лодов, Радомиров, Ревов, Киблешко, Шотор, Скордек, Чингов, Почек, Штутанов, В'тав, Мантек, Стефлек, Џејков, Ерчов, Лаперда, Бедрек, Таталија, Џуџов, Чушлек,\nЦаклин, Дуплек, Козлек, Хл'тов, Каблешков, Шеранков, Џогалан, Тушан, Тилевци, Шатевци, Салабам, Г'шовци, Тортовци.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%9A%D0%B0", "word_count": 460, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3912", "title": "Зборник на Миладиновци/ Гатанки", "text": "1. Иво се водит со девет лози, и напрет одит, и назат одит, сам бог се чудит, како се возит (рак). –\n2. Осушен, досушен, три девет кожушен (кромит). –\n3. Кусо мече дрен тресит (чешаљка). –\n4. Ж'лти правци в тиња лежат (расол). –\n5. Копам дупка до колена (скорни). –\n6. Кусо прасе по рит пасит (брич). –\n7. Д'лга Неда сенка немат (река). –\n8. Виено, плетено на судни м'ки клаено (верушка). –\n9. Љута кучка в кланик лежат (киселина). –\n10. Д'лг Тодор без коски (чад). –\n11. Бесна кучка в гори лаит (секира). –\n12. Уш магаре во кошара, ушите не му влегвет (сврдел). –\n13. Пет сестрички се бркает, и не может да се стигнет (игли от чораби). –\n14. Црвен прч в пештера лежат (јазик). –\n15. Полна црква диреѕи (уста). –\n16. Си имам дупка, посегнаф в дупка, извадоф црна Еѓупка (соаљка). –\n17. Малоо грненце, сладко варилце (лешник). –\n18. Четворица браќа в една кошуља не может да се видет (јатки от орех). –\n19. Си имаф една сестрица; кој помини, баци ја, јас поминвам си ја бацвам (стомна). –\n20. Си имаф една магарче, кој помини вјавни го, јас поминаф си го вјавнаф (праг). –\n21. Си имаф едно магаренце, сето сенце ми г' изеде, и ништо не истаи (вила). –\n22. Ни ткаено, ни предено, ни шиено, по куќи растурено (п'јачина). –\n23. Кинисала куса Календина, да ми одит на гасти; ја престретил препечен Куља „К'де одиш куса Календина?” – „Јас ке идам у тебе на гости (искра во оџак). –\n24. Ке одам, кеф патим; ке стретам кеф Марче, ке земам кеф камче, ке удрам кеф. Мара по глава, ке ме сторит ке барч (змиа).\n25. А Дардан татка, а Дардана мајка, шеберести деца (елемиа, вртељка). –\n26. Најсладко, најблаго на таљур не се клаат (сон). –\n27. Чуре море препливало, ни Чуре с' удавило, ни море се зам'тило (п'јак). –\n28. Живо, живо живиле, на грмада седеше, живо месо тегнеше (руљче, цицајче).–\n29. Полн тагар јајца над ѓарамиди (ѕвезди). –\n30. Петер пеит, Мара се разлеи (клепало). –\n31. Една стомна со седум дупки, тури вода не течит (глава). –\n32. Кралев зет на кол висит, а зло ти мислит (пушка). –\n33. Еден старец со три влакна под него (стол). –\n34. Рикна вол в темен дол, чуја лисиците, опрчиа опашките (т'пан). –\n35. Бел пес на ѓарамиди (снег). –\n36. Стред море оган горит (фитиљ в к'ндило). –\n37. Коњска плоча в море не се давит (лист). –\n38. Старци со бели бради не может да се стигнет (бранои). –\n39. Полн кош деланки (трудна жена). –\n40. Четири брача трчает, и не может да се стигнет (колца от колата). –\n41. Имам сестрица со дванаесет ѕуници спиет (бочва). –\n42. Ѕид ѕидосаноу вар варосано, ни ѕирка ни проѕирка (јајце). –\n43. Црн калугер плешти печит (ланик, кланик). –\n44. Еѓуптин се топореше, Еѓупка се чекореше (вршник и пирустиа). –\n45. Отзгора небо, отздола небо, во стреде ливада (зелник или под саач черепна).–\n46. Диви кози по рид пасат (вошки). –\n47. Куса, кусо Кундане, наредено петлици (грозје). –\n48. Кова от земја, бунар от платно, јаже от дрво (чубук). –\n49. Мало помалечко цара наружует (игла). –\n50. Елбет бег цареф зет, на кол висит, зло ти мислит (пушка). –\n51. Мало малечко ползат, и куќата на себе носит (п'лджав). –\n52. Клекна кмет, истај мед, го видоа дваица, го ватиа петина (кокошка и јајце). –\n53. Викна Вида от висока рида, ја чу Трна со четири зрна (крава со босици). –\n54. Мајка се сиромашит, детето се богатит (фурка и вретено). –\n55. Бела квачка дење терат пилина, црна квачка нoќe и збират (ден и ношт). –\n56. Една црква со еден подпор (печурка). –\n57. Ни се водит, ни се терат, трага праит (сврдел). –\n58. Старец со брадата в земи закопана (прас). –\n59. Чоек сиот закопан, с'де глаата му се гледат (брут, клинец). –\n60. Дари кучка низ лески (соаљка). –\n61. На стар му се влечкает черевата (к'нтар). -\n62. Илиа копилешко по поле шеташе, без број коња носеше (еш). –\n63. Пет браќа прает магаза (игли от чораби). –\n64. Си је голап под земја (плуг). -\n65. Стреде море дирег се крепит (бунар). -\n66. В една племна много атои, еден јарец не можат да го згазет (уста и јазик). -\n67. Бел сокол под земи летат (емиш от плугот). –\n68. Јаже до јаже на крајот јунец (тиква). -\n69. Ене го, ене го, го немат (искра). -\n70. Две сестри в една дупка (врата). -\n71. Два орла се биеа, бели пени пуштаа (воденица). –\n72. Имах една невеста в коше седеше, по куки шеташе, пак на место си идеше (метла). -\n73. Седум дупки в една грутка (глава). -\n74. Таткото уште не роден, син му ошол в Стамбол (чад). -\n75. Десет попои сите носат шапки на глава (прстите со нохтите). -\n76. Една нива грутлива си изникна трева, на тревата дваесет браќа (клас). -\n77. Едно нешто летат, високо летат, кога ке паднит како на памбук (преперуга). -\n78. Царот си имаше една бочва, полоина бело вино, полоина ж'лто (јајце). -\n79. Плочи на плочи се качвет дур на небеси (чад). -\n80. Ноке излегвит, дење се кријет (заврница, лост, сурме). -\n81. Една кобила се тресит стред море (платното от сито). -\n82. Едно јагне две планиње блеит (дете во кроена, в лељајка). –\n83. Бела ливада со црни цвеќа (книга писана). –\n84. Вујкото ја задеат, вуњата викат (кључ). -\n85. Едно нешто ноке летат, негде гаде засветвит (светуљка, вештица). -\n86. По еден п'т еден стап, оди, оди преврти се (риба). –\n87. Без една работа ни човек, ни господ живјат (место). –\n88. Сви угоре, сви удолу, сви глаата псоиса (искра). –\n89. Малоо црно цара от коња подигат (болфа). –\n90. Мокро теле в јасли леже (јазик). -\n91. Сив голап околу тумба врте (брич). -\n92. Малечко Турче, голема чалма (свешталник). -\n93. Две сестрици през плет се целиват, и не можат да се видат (очи).\n94. Една сестрица се мокра стое (стомна). -\n95. Честа гора, во гората диви свини, крај гората до две змии, крај змиите два бунара (коси, вошки, вежи, очи). –\n96. Кусо мече дрен тресе (чешел). -\n97. Кусо мече на чекорче клече (грозд на пенушка). -\n98. Жолто куче под плет леже (пепун, каун). -\n99. Буба леже, буба не, самар носи коин не, рогови има, вол не (полджав, роглец). -\n100. Една сестрица низ плет се провира, черевата је влечат (игла).\n101. Шило бодило, низ гора ходило, траг не оставило (пчела). –\n102. Полна конушница бели коња, на стред' има црвен коњ, на белата коња ритка (јазик и з'би). -\n103. Дрипава Ѓупка пред цар излегве (комад, зелник). -\n104. От горе д'ска (штица), от долу д'ска, вн'тре седе црни софта (желка). -", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%93%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B8", "word_count": 1073, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3920", "title": "Зборник на Миладиновци/ Игри", "text": "Војска. Неколку време понапред, децата се делеха по махали т.е. гoрна и долна под еден главник, и се биеха от далеко со камења, а от близу со дрвени сабји, или стапови и м'здраци от трска.\nГага. Неколку луѓе се хваштает за појас на танец под еден главник, кои ги бранит; а други надвор от танецот идат околу ним за да грабеет робје. Главникот брго виткат танецот секако, на десно, на лево; и от силата некој ке се отпуштит; него грабеет тие што ходат околу танецот, го држат на ст'рна и пејет: „Кадри бефме, ведри бефме, ви грабнафме човекот; јунаци бефме, ви поробифме војската.” - От танецот им се отговорват со пеење и играње: „Крастоо беше, кељо беше, за тва го зедофте; слепо беше, коро беше, држете го; ак' сте јунак от јунака, грабните от јунаци.” - И така прод'лжават играта, која се викат гага.\nКрижи минси. На едно дете затворает очите, а другите се криат, после това ги барат; и кого ке најдит, нему затворает очите.\nКотка. Неколку деца земает куси стапчина, и едно дрвце оклопчесто, колку јаболко, кое се викат котка. На околу направјет толку мали дупки, колку мина ке играет без еден; а в стреде направјет една поголема за котката. Еден, кои немат дупка, пасит котката т.е. со стапчето ја кљошкат, да ја внесит во стредната дупка; а другите држат стапчината опрени во малите дупки и се печаљат да му ја истерает; и кога котката ке се приближит до некого, овој ја кљошкат со стапчето далеко от дупките. Но ако тој, што ја пасит, успеит во това време, кога другиот ја кљошкат, да кладит стапчето во неговата дупка, тога другиот ке пасит котката. Но ако тој што ја пасит успеит да ја внесит во големата дупка, тога сите си пременват дупките; тога тој, што ја пасит, се печалит да хватит дупка; а тој што ке останит без дупка, тој пасит котката. Таја игра се викат котка.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%98%D0%B3%D1%80%D0%B8", "word_count": 321, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3932", "title": "Зборник на Миладиновци/ Два сокола", "text": "Имала е мама, немала\nДо двама сиви сокола\nСокола до два близнака.\nС житом ги мама хранила\nХранила, оште доила,\nДо де соколи порасли,\nНикој не се е научил,\nНито соколи растеха.\nМама им певка певала:\n„Нани ми соколе, нани ми,\nСокола до два близнака;\nРастете и порастете,\nТешко имање делете,\nТешка потера зберете,\nБаштино царство земете.”\nРасли соколи, порасли;\nЕден си сокол јездише,\nДруги себе си носеше,\nКато се двама раздељат,\nЕдин за други плачеха.\nМама соколи думаше:\n„Ја си станете, идете,\nБаштино царство земете!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B2%D0%B0_%D1%81%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3926", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стане Нине", "text": "Стане Нине господине!\nЗора ми сја е озорило\nИз хубава Влашка земја\nИз гиздаво Дрјано-поле.\nНе је зора, не видело,\nНај Рабро јунак де гони\nДе си гони cyp елен.\nСури елен обр'ти сја.\nОтговара „бегај, бегај\nБегај, бегај сури елен!\nСтигна ште тја Рабро јунак.”\nКоњ му вее, сл'нце грее,\nКоњ му диха, звезди вдига.\nРабро јунак одговарја:\n„Бјагај, бјагај сури елен,\nСтигна ште те Рабро јунак,\nОт девојка првескиња,\nПрво мљако забозина.”\nЕлен му се одговарја:\n„Брзај, брзај Рабро јунак,\nОд кошута првескиња.”\nТој ја погна, тој е загна,\nТа отиде дур при море.\nТри девојки платна бјаљат,\nТа хварлили с бухалчица,\nУдарија сури елен,\nТа го фана Рабро јунак.\nСтане Нине господине,\nЧуле сме тја, та сме дошле;\nИмаш сина златно-коса\nЗлатно-коса, сребро-глава.\nДај го, дај, Стане Нине,\nДај го, дај, цар да б'де\nЦар да б'де, бан да б'де!”\nСтане Нине отговарја:\n„Календаре браке да сте!\nИмам сина златно-коса,\nЗлатно-коса, сребро-глава,\nНе може лефе да дели,\nНе може аскер да реди.”\nКоледаре отговарјат!\n„Дај го, дај го, Стане Нине!\nНие му штем лефе дели\nЛефе дели, аскер реди.”\nНа здраве ти, домакине,\nТебе пеем, славословим.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%9D%D0%B8%D0%BD%D0%B5", "word_count": 201, "cyrillic": 0.995}
{"id": "3930", "title": "Зборник на Миладиновци/ Тодорка и књахче", "text": "От царот извест е дошла\n„Кој има син да прате,\nКој нема, сам си да доди,”\nИван си сина немаше,\nА само една дештерја,\nЕдна дештерја Тодорка.\nТој се чуде и мае,\nКако да чини, да прави,\nКак го зачула Тодорка,\nТа на башта си думаше:\n„Ја с' не грижи, татко-љу,\nДо к'д је млада Тодорка,\nТи не штеш војска да видиш.\nЈа иди, татко, ја иди,\nСабја френглија да купиш,\nИ т'нка пушка бојлиа,\nИ една конче ранено,\nАз ште на војска да ида,\nИ млад војскарин ште стана,\nНикој не ште м' познае.”\nСтана Тодорка отиде;\nХодила седем години,\nНикој ја нигде не познал;\nКога е било на Лазар,\nТодорки е на ум дошло,\nЧе и е мама на пазари;\nКакто нејните врсници.\nВ царски градини запјала\n3апјала и припјавала;\nИ нош је песен пела,\nДење с војската ходила.\nКа је зачуло младо књахче,\nА то на царјат думаше:\nТук има младо војскарче,\nШто пее ноште лазарја.”\nЦарјат на књахче думаше:\nЈа си заведи војската\nНа равно поле да играе,\nД' играе хоро јунашко,\nСичките на ред да гледаш,\nДано момата познаеш.”\nНа ред је књахче гледало,\nНе можло да ја познае.\nЦарјат на књахче думаше:\n„Ја си заведи војската\nДето с' хурки продават,\nДано мома-та познаеш.”\nКњахче си војска заведе,\nПак си момата не позна ...", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BA%D0%B0_%D0%B8_%D0%BA%D1%9A%D0%B0%D1%85%D1%87%D0%B5", "word_count": 222, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3922", "title": "Зборник на Миладиновци/ Верованија", "text": "Гробници. По умирањето лошите луѓе, особено старите м'жи и жени, се чинат гробници, и ходат по куќите. Едни вервет че умрениот ходат на сите места, к'де тои бил, кога живјал.\nСамовили. Самовилите (самодиви), живеат на планини; љубет многу да играет оро. Тие се чинет посестрими со големите јунаци, и на нуждата им помогват, и ги спасавает от смрт; а в обште за љуѓето сет лоша. Тие љубет да ослепват човека- того.\nЈуди, Стии. Јуди и стии сет жени со д'лги коси, кои живејет во реките и езерата. Кога видат некого во вода хврљает косите и в ним го сплетвет и го удавает.\nЕдни п'ти излегват на брег и си чешљает косите. Тие живеат во глобоките места, особено во вирови.\nДухови. Духови сет нешто како ветар. Тие шетает особено на полноќ, кога љуѓето се вардат да излезат (особено ва полноште) от одајата, или от куката к'де спијат; зашто духовите имает лоша сила. Едни п'ти тие викает ноште некој човек, кој мислит че го викат свој пријатељ за да ходат или на дрва, или на нива; и така станвит и без да се усетит ходат по него; а лошиот дух го носит на некоја чк'мба или пропаст, к'де човекот падинат; или на некоја река, к'де се удавјат.\nВетришта. Кога некој спиет под дрва и му се фаштат р'ката или ногата, и не можит да ја мрдат, того велеет, че је хватен от надвор; и мислет че под древото имало некој лош дух, или ветриште.\nВијулици. Вијулиците сет како духовите злотворна сила, која можит човека да кренит, и вид да му се не видат. Ако некој поминит над местото, к'де се стори\nвиулицата, можит нешто да страдат; и за да уничтожит таја лоша сила, пљуват на това место. Виулиците едни смешват со самовилите.\nНар'чници. Кога детето се рожат, таја вечер идат три жени, кои нар'чват колку и како ке живјат роденото, и што ке нар'чат третјата това ке бидит. Тие три жени се викает нар'чници.\nГрмење. Кога грмит, вељат, че свети Илија трчат со огнената кола по ламиите, кои јадат житото. И кога трештит, тога св. Илија удрил ламијата. Ако не\nбеше св. Илија да гонит и убиват ламиите не ке имахме никаков берикет (жито или друго). Кога грмит, сите посмрчина (вид. песн. 40) спијат, а духот им ходит на помошт на св. Илија против ламиите. Под стрехи не седат за да не им капит косата. Вечерта пред стреда и петак жените не работает; и три дни во недељата (кои мислиме да сет: торник, четворток, и петок) не излегват за на чужина. Тои ден, што излегвет на чужина, никој от куќните не работат. На тој, што\nходит на чужина, давает малу земја, за да го приимит другата земја, к'де ходит, како своја; на едни места давает и вода; а на сите хлеб. Куќните попраштаештем, от местото, што се разделиха, земает дома си трева. Лето децата гледает на полна месечина, различават на неа очи, нос, уста; и мисљат че това је лице от некој стар човек, кој не давно умрел; и вервет че најстариот човек кога да умрит се чинит месечина, и така со ред другите стари. Кога на пролет росит, или падинат мал дожд, децата трчает по дождот гологлави и пејет: Рocи, pocи, росица, да ми растит косица, колку една лозница.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%92%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 554, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3942", "title": "Зборник на Миладиновци/ Гино арнауче и Петра хубава", "text": "Посвршил се Гино Арнауче,\nСе посврши за Петра убаа,\nНе ми седе ни ден, ни недеља,\nМи отиде на бело бачило.\nБог је убил Гиноата мајка,\nШто му прати најљути зборои:\n„Ти си седиш, Гино, синко мили,\nТи си седиш на бело бачило,\nИ не знаиш твоја бела Петра\nЗаљубила селските бирачи,\nЗаљубила турски азаџии!”\nГино тога мошне се наљути,\nНе си дојде при својата мајка,\nТуку појде у Петра дома је,\nСи ја најде в широка одаа,\nСи заспала, и ми се покрила,\nСе покрила с една бела риза,\nИ лицето роса го фатило.\nГино кротко в одаа је влезе;\nБела Петра не ми го узнала;\nИ је отскри нејѕиното лице,\nСо ризата роса је избриса,\nЈе избриса, Петра је целива,\nУште Петра не ми је узнала.\nИ си сегна во бели џепеи;\nСи изваде едно фрушко ноже,\nБела Петра на сон је загуби.\nИ си дојде Гино при мајка си,\nИ је кажвит на својата мајка:\nÂПетра, мајко, мене ми сторила\nМи сторила голема страмота,\nАма и ја, мајка, је загубиф.”\nТога рече Гиноата мајка:\n„Зашто, синко, мене не ми каза,\nОти Петра ништо не ти стори,\nТуку ми те ја тебе измамиф!”\nСе разљути Гино Арнауче,\nИ сам себе Гино се загина;\nИ је рече на своата мајка,\n„Как ке жаљат Петрината мајка,\nИ ти, мајка, за мене да жаљаш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%87%D0%B5_%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B0_%D1%85%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 223, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3944", "title": "Зборник на Миладиновци/ Николче", "text": "Де с' е чуло видело\nСин баща на с'д да кара,\nК'то Николче башта си?\nНазад му р'ци врзал,\nЧи го напрет коњ караше.\nНа к'де го караши?\nПо даии, по заптии.\nЕдна ми света недеља,\nВрвели што сја врвели,\nДо нова чешма допрели,\nНиколчу слези од коња,\nДа си очити умии.\nТјајко му Николу думаше:\n„Никола, сино Никола!\nРазвржи ми р'цети,\nДа си очити умиа,\nЧи е днеска света недеља,\nДа сја богу помоля.”\nНикола од коњ посегна,\nДваш му р'цети застегна.\nТјајко му Николу думаше:\n„Да даде господ, сино љу,\nДур' да сја назад поврниш,\nЖина ти кам'к да стани,\nДецата дребни змејчета,\nОколу кам'к да пиштат!”\nЧи Никола у тех отиде,\nИ на врата похлопа;\nНикој му врата не отвори,\nТој погледна на цаклоту,\nЧи жина му кам'к станала,\nИ дечица п'стри змејчина", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%87%D0%B5", "word_count": 146, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3934", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јаничар и руса Драгана", "text": "Разбега с' е Влашката земя,\nВлашката земја и Богданска,\nИ Богданската, сичката Доброжа,\nКој горе ходи, кој долу бега\nОт љути Турци, страшни Маџари.\nСтари сечеха, млади робеха,\nМлади девојки отбор земаха,\nТа ги правеха млади робини;\nИ млади момци отбор земаха,\nТа ги правеха се јаничере.\nДето минуват селата горјат,\nХората робат, селата горјат.\nПреминале с' белиа Дунав,\nНаредиха с' крај Етрополе,\nРаспространиха сини шаторе,\nНа равно поле делба делеха\nМлади девојки и млади момци.\nКому паднаха по две, и по три,\nНа млад Јаничар с' е паднала\nСал една мома руса Драгана,\nПа ја заведи под бели чад'р.\nКога е било вечерта к'сно,\nМлади Јаничар надвор седеше,\nПогледна долу, погледна горе,\nИз черна земја син ог'н гори,\nИз сино небо крвав д'ж вали.\nМлади Јаничар с' е уплашил,\nТа поизвика руса Драгана,\nИ на Драгана жално думаше:\n„Мори Драгано, моја робињо!\nШто ште та питам право да кажиш, -\nИмаш ли братец, имаш ли сестра,\nА Драгана му со глас продума:\nИмам си башта, имам си мајка?”\nИмам си братец, имам си сестра.” –\n„К'д,е е брат ти, и тој ли е поробен?\nДрагана му жаљно отговарја:\n„Кога додоха в Влашката земја\nТурци избиха млади Б’лгари;\nИ брат ми беше во таја воиска;\nА сега тридесет години,\nКа с'м аз братец не видела.” -\n,,Мори Драгано, моја робињо!\nАко го видиш, познаваш ли го?”-\nЈа да го видам, си го познавам\nПо клета галва, по једри грди.”\nА Јаничар Драгана питаше:\nШто има на братина глава?” -\n„Брат ми има от сабја белек,\nЧе е посечен на љута војска.”\nА Јаничарин Драгана пита:\n„Што има брат ти на једри грди?”\n„Брат ми си има на грди белек.\nСо стрела ранен во љута војска”.\nПа раствори јаничар грдите\nБелите грди, клетата коса;\nА на Драгана жално думаше:\n„Ја стани, сестро, дома да идем.\nДома да идем, мама да видим!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%B0%D1%80_%D0%B8_%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B0_%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 314, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3950", "title": "Зборник на Миладиновци/ Гино и Стојан", "text": "Гино Петкани говори:\n„Сурава сја болна учини,\nСтојан ште да та попита,\nЛибе хубава Петкано!\nПIто ти са иска понуда,\nТа да си ,либе, оздравјаш.”\nА Петкана му говори:\n„Либе Стоене, Стоене,\nДоштало ми сја, либе ле,\nОт гора от преперици,\nОт гора от еребици.”\nОтишал си је млад Стојан\nВо таја гора зелена,\nТа дребна лова да лови.\nГино напреди отиде,\nТа си је чекал млад Стојан,\nТа сја с' двама бориле,\nТа сја с' три дни бориле.\nСтојан си Гину говори:\n„Гино премладо Бл'гарче,\nЈа са разслаби, Гино ле,\nНешто шта да те попитам\nДане б'деме роднина,\nКато с' двата бориме.”\nТа сја с' Гино отслабил,\nТа си уборил млад Стојан,\nДве педи в земја накарал,\nОт далеч, иде и вика:\n„Либе хубава Петкано!\nИзљаз ми порти отвори,\nПостели меко возглаве,\nС тебе штем да сја земе.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3948", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан болен (2)", "text": "Разболел се е млад Стојан,\nТа лежи девет години,\nИзгноил девет постели,\nИ девет меки возглаве.\nМајќа Стојану говори:\n„Синко Стоене, Стоене!\nКато ми лежиш толкова,\nНи умираш, ни оздраваш,\nДа ми не б'деш греховен?”\n„Мамо ле, моја мајчице!\nНали ма питаш да кажа.\nКога ја ходих, мамо ле,\nПо таја гора зелена\nЈаганци в јаг'л запалих.\nКато гореха, блееха,\nНебо сја на две делеше,\nЈасни си дзвезди падаха.\nПа сја от тамо отвадих,\nТа тежка свадба си срештнах.\nТа си изгубих кумове,\nКумове, старисватове,\nТа си им узех две млада,\nИ тие млада девере,\nТа ги изведох, мамо ле,\nВо Taja гоpa зелена,\nДето пилета не пејат,\nДето си човек не ходи,\nТа си ги врзах, мамо ле,\nДва млада за две младици,\nГледат сја, а не видат сја.\nКога сја назади врнах,\nДето бех невјастата врзал\nБела си лоза порасла.\nА дето врзах мом'ка,\nЗелена бора порасла,\nТа се високо извиле,\nТа си врхове с'брале.”\nМајќа Стојану говори:\n„Синко Стоене, Стоене,\nНали си това извршил,\nКолку си лежал, Стоене,\nОште толкова да лежиш,\nТа мама ште тја погледа.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%282%29", "word_count": 184, "cyrillic": 0.995}
{"id": "3918", "title": "Зборник на Миладиновци/ Преданија", "text": "Цар Александ’р. Цар Александ’р сакаше да ходит да земит безсмртна вода. Но кој одеше никој не сe врашташе назад; зашто дури да стигнит некој до неа, требеше да п'туват три дни все во ношна темнина, во која љуѓето се заскитвеха, и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александр зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојање, што можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до безсмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише, и пo гласовите от кобилите и ждребината, кои 'ржеха, нахожвеше п'тот, и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напиет утрината во недеља; и нар'ча на сестра му, да вардит, да не некако истурит беземртната вода. Сестра му метештем не догледа, и скрши шишето. Цар Александр кога чу това, страшно се наљути; а сестра му избегвеештем љутината негова, се фрли во море и се престори делфин, кои, кога чует Александровото име, се криет в морските глобини.\nОхрид. Вељат че, кога се правеше Охридската крепост, Јустинијан се качи на ридовите, на кои лежит градот, и гледаештем прелепото местоположење, извика ох рид, т.е. ох, каков хубав рид. И од тога остана да се викат градот Охрид (Охрит).\nОхридско езеро. Вељат, че Охридското езеро понапред не било и че дното му беше било широка долина, разсеана од села. Стреде долината бил источник, кои се отворал и се затворал, и од кои пиеле вода, и си переле кошули. Една жена, како прала к'м квечерина, заборави да затворит источникот. Водата течела с'та ношт; и кога утрината станаха, видоха долината покриена со вода. Не имаештем надежда да затворат источникот, поспешиха да се спасат на ближните планини. Така се направи сегашното езеро. Вељат че кључевите од езерото сет под планинчето, над кое направен је обитељот од св. Наум, кога верват чувач на кључовите, кои ако се отворат, потопват с'то Охридско и Струшко поле. Оште вељат, че това езеро имат сообштење со Преспонско го кое верват, че под планината Галичица втеквит в Охридското, и че, кога се запнит това сообштење, Преспонското езеро потопвит ближните места. Најпосле вељат, че това езеро је глобоко до неизмервење, и че никој не можит да го измерит. Некога една жена, не слушаештем та`кви зборови, нап'лнила чун со сиџим, врза на крајот железо, и појде стред езеро, да го измерит. Но тога се кренаха високи бранови кои без малу ке ја потопеха. Таја со горешто каење се помоли на св. Наум, да ја простит, и се обешта да направит манастир на това место, к'де ке излезит. Вистина к'де таја излезе направи манастир Св. Заум, т.е. за ум направен.\nДва браќа. Близо до св. Заум имат две камења, кои вељат че, беха два брата. Овие за нешто се скараха, се збиха, и обајцата се опраха; и господ ги престори на камења, близу до кои камчината уште сет црвени од крвта им.\nПанѕур. Това је место на западното ребро од Галичица планина над Охридското езеро. Вељат че тамо болгарските цареви држале панѕурлија војска до\nчетересет хиљади, и од тога остана да се викат Панѕур.\nСвети-Климентова стапаљка. В Охрид имат камен над кои сет вглобени петички стапаљки од скорни, кои вељат, че беха од св. Климент.\nВ'лчеа јама. Надвор од Охрид в Месокастро имат дупка, во која можит да се ходит под земја. Таја, вељат, се отвори од свети Георгија, кои удри на това место со м'здракот, и од кога стоит н'тре образ. Други вељат че таја беше направена од болгарските цареви за нихните им потреби во воено време. Вељат уште, че таја износвит под земи на св. Петка (манастир).\nВоден. Воден град, к'де се закопвеха македонските цареви, окрепен од природата, вељат че, во време од некоја војна, беше се презел од непријателите,\nпосле д'лго опколисвање, со помошта од козите, кои им показаха скришно п'тче, по кое тие обикновено се качвеха, и по кое непријателите влезоха в крепоста.\nКако Турците презедоха Прилеп. Кога Турците дојдоха, Прилепчаните се затвориха во крепоста, која носит име Маркови кули. Турците ги обколисаха, и\nмного време ги биха, без да можат да преземат крепоста. Најпосле обколисаните, немаештем што да јадат, ноште изпразниха крепоста, во која оставиха тап'н, кои сам биеше на ветар. Турците, думаештем че, обколисаните готват војска за да ги удрат, три дни преседоха со оружјето в р'це, чекаештем нападвење; дури стара баба им каза че, крепоста је празна, и че тап'нот сам биет на ветар. Тога Турците влезоха во крепоста.\nМаркови бочви. Не далеку од Охрид имат планинче Г'бавци, над кои биле Маркови к'шти, во кои Марко си држал вино. Едношка\nсе вруши бочвата му, и виното истече по планинчето, кое од тога остана црвено. (На това планинче је манастирче от св. Геразма).\nМаркова нога. Не далеко од Охридскота езеро в Струшките лозја, се находвит камен, кои се викат Маркова нога, која се врезала (вглобила), кога тој од\nкаменот се качвел на коњ. Зам. Каменот је необработан, а ст'паљката нејасна. Тамо на суша ходеха пред неколку години Стружаните со крстни ход.\nМарков камен. Дванаесет часа од Кукуш имат камен голем како стена, кога Марко беше го фрлил од Светигорската кукушка тумба.\nМаркова седалиште. На левиот брег од Вардар, близу до Демиркапи, се извишвит планина, која повторвит гласот, и на која думает че, живјат Марко. П'тниците поминвеештем од тамо викат: „Марко си жив?” - А екот повторвит еднакво.\nДемир-капи (железна врата). Това место је на правиот брег од Вардар. Тамо поминвит п'тникот низ камнени ѕидови, кои сет рамни, како да беха мерени и нар'чно пресечени в планината. Тои п'т низ каменот, вељат, че го отворил Марко крале со сабјата му. Кажват че тога каменот беше бил мек, за това можел Марко да го сечит, и ст'паљките му да останвет вглобени в него. А не бил толку мек, што да можит секој да го сечит. Но оште понапред некога каменот беше бил мек, како тесто.\nМарко Крале. Вељат, че Марко Крале оште је жив, како раскажвал Прилепчанин, кои зборвал с него. Тои бил купец и пливал пo моpe co стока. Од\nветришта се принудил да излезит на пуст остров, к'де во великолепни к'шти нашол Марка, кои беше отишол тамо од како излезе туфегот. Таков нечекан случај зарадва Марка, кои причека добро и гости сотатковникот му, и го попрати велеештем „че скоро ке дојдит време да шетат тој пак по земи.”\nФаљба Маркова. Вељат че Марко беше толку јунак, што едношка се пофали да подкренит со м'здракот с'та земја. Господ за да му видит јунаштината, пушти ангел, кои со земја нап'лна торба, која стори тешка колку с'та земја, и се застои покрај п'тот, од к'де ке поминеше Марко. Кога Марко се приблиза, ангелот му рече „Ејди незнаена делио! подкрени ми торбава.” Марко одвај му ја подкрена на рамена со м'здракот, кои се сви од тежина. Од тога Марко си загина јунаштината, и со хитрост с'де и подмамка наделвеше другите јунаци, како Гина, Груица и др.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 1192, "cyrillic": 0.999}
{"id": "3956", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мати", "text": "Мати ло, Мати вдовицо!\nОстана Мати вдовица\nОстана сос три дечица,\nМати сја чудом чудеше,\nСос това тешко имање,\nКакво да стори, да прави.\nМати дума на сељани:\n„Сељани, вие кметови!\nШто е на света хубаво,\nХубаво и хаирлиа,\nМати ште да го направи.”\nСељани Мати думаха:\n„Најхубаво е на света,\nХубаво и хаирлиа\nДа си мостови направиш,\nПо мости, Мати, да врвјат,\nДребно, Мати ле, и едро,\nСтаро, Мати ле, и младо,\nКуцо, Мати ле, и слјапо.\nМати сељани не слуша,\nТа си попови попита;\n„Што е на света хубаво,\nХубаво и хаирлија?\nМати ште да го направи.”\nПопови Мати думаха;\n„Хубаво, Мати, на света\nЧ'ркови да си направиш,\nВ ч'ркови, Мати, да врват\nДа врват всјакаква вјара,\nДребно, Мати ле, и једро,\nСтаро, Мати ле, и младо,\nКуцо, Мати ле, и слјапо.”\nМати попови не слуша,\nТа темничари попита:\n„Што е на света хубаво\nХубаво и хирлиа?”\nИ темничари думаха:\n„Хубаво, Мати, на свето\nДа си направиш т'мница,\nВ т'мница, Мати, да лежат,\nСички бор млади јунаци.”\nЧи си откупи Мати, ле\nСе т'мничерски мастори,\nЧи т'мница заправили.\nДевјат години правили,\nДења прават, ношта пада,\nТа е фарлиле нејнио,\nНејнио син Иванчо\nФарлиле в т'мна т'мница\nТог сја т'мница задржа,\nТа сја темница направи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%82%D0%B8", "word_count": 215, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3938", "title": "Зборник на Миладиновци/ Никола, Богдан и Ангелина", "text": "Пилци пиштат, пилци гарванови, Дали\nса пилци, или човеци?\nНи са пилци, ни човеци,\nАми с' били седумдесет роба,\nПоробил ги млад Никола,\nИ ги запрјал у темни завници.\nКа повикат седумдесет роба,\nТа се чуе до сињото небо,\nЧе н' имале кој да ги отрве\nСичките роби пуснали,\nСамо Богдана оставили,\nЧе има булче хубаво,\nИ става млада кралица.\nКога Богдан викаше,\nДо небо се чуваше:\n„Нема ли нејде некои\nТука на врата да дојде!\nЧе имам книшка да пиша,\nДо мојата булка Ангелина.”\nДе го зачу сиво г'лапче,\nПа на вратата отиде,\nДесно си крило подаде.\nБогдан на крило написа.\nФркна голапче отиде,\nНа Богданови равни дворови,\nС крилата си трептеше,\nСо очи долу гледаше;\nАнгелина дворове метеше,\nИ лична песен пееше.\nПаднало писамце от крилце,\nАнгелина го погледа.\nИ на перцето писано –\nБогдан је в темни завници. –\nСкоро милата заорли,\nИ на двор си думаше;\n„Ние като јадем и пием,\nБато ти в какви е м'ки!\nЈа земи скоро брснача,\nРуса ми коса обрсни,\nЈа шта самичка да ида,\nМлад Богдан ја да пусна,”\nДевер и коса обрсна;\nК'дар и перчан остави,\nД'лга си коса уплети,\nНа кончи ситни подврски;\nКато си конче престегна,\nРошав си кожух наметна,\nЈунашки калпак наложи,\nКато с' на конче покачи,\nМладо деверче питаше:\n„Мјазам на царски делија?”\n„Не мјазаш на царски делија,\nНо на булка Ангелина.”\nТа ка се Арапски уз'би,\nОбрна очи в белина,\nОбрна уста к'м небо,\nТога и девер думаше:\n„Сега си като делија.”\nА тја на конче извика,\nМ'гли, прахове подигна.\nКато е виде делија,\nЧерноморската Војвода\nОт чардака си извика:\n„Скоро вратите закључете\nEто че иде делија,\nНа коњ подкови ште иска,\nДо триста маџар ж'лтици.”\nТа си на врата отиде,\nКато вратата поритна,\nНа сред двора зафрли,\nТа си од конче думаше,\nИ војвода си питаше:\n„Чул ли си, разбрал си,\nМинка си рожба родила,\nРодила и продумала,\nПо света роби пуснаха,\nАми ти роби што држиш?”\nТога от конче посегна,\nЧе му окото извади.\nВојвода јасно извика;\n„Тичајте, роби пуснете,\nЧе ми окото извади,\nИ на другото посјага.”\nКако робите пуснаха,\nАнгела ги на ред гледаше;\nКато Богдан премина,\nТја го с кончето одели,\nС златен го топуз биеше,\nИ полека го слагаше,\nТа на Богдана думаше:\n„Врви Богдане ступане.”\nДва к'далака минали,\nИ двата на кон седели.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%2C_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 393, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3958", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и султан", "text": "Седнала мама да јаде\nДа јаде, оште да пие\nСос девјат сина рождени,\nСтара ги мајка питаше:\n„Синови, девјат синови!\nКато једете и пијте,\nКакво ште да ва попита,\nКој што му е мило, драго,\nНего, синови, да сторам.”\nСтојан на мама думаше:\n„Мамо ле, мама, драго ми\nВ зелена гора да хода,\nЧе алјан бајрак да носа,\nДа си дружина собера.”\nИванчо дума мама си:\n„Мамо ле, мама, драго ми\nЛиси биволе да купа\nЧерни угари да ора,\nБјала пченица да сеја.”\nТога си Стојан отиде\nВ зелена гора букова\nИ алјан барјак набочи,\nЧе сја јунашки провикна:\n„Собирајте сја јунаци,\nИ при Стојана елате!”\nЧе си ги Стојан пособра,\nЧе си ги Стајан поведе\nИз г'ста гора зелена,\nПо Султанската межија.\nСултан си седи под чад'р,\nИ си јадеше, пиеше,\nПечено јагне јадеше.\nСтојан Султана улови\nКато фракнато врапченце.\nСултан Стојану думаше:\n„Аферим тебе, Стојане!\nАз едно време бјах јунак,\nТи си от мене појунак.”\nЧе си Султана заведи\nНа девјат гроба чиљашки,\nИ девјат п'лни сос ребро.\nСултан Стојану думаше:\n„Зимаите, холан Стоене,\nЗимаите колко можете,\nИ за мене оставајте,\nЧе стар с'м вече не мога.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D0%BD", "word_count": 193, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3954", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јанкулова смрт", "text": "Јанкула, млад Јанкула,\nЈанкула Влашка Војвода!\nЈанкула коња хранеше,\nВо таја града Солуна,\nНа солунските меани\nС ситна слама оризова.\nЈанкула коња поеше\nС Негошко вино, Благушко.\nЈанкула коња зобеше\nСо големерска пченица.\nЈанкула коња ковеше\nНа Солунски налбанти,\nНа налбанти се молеше;\n,,Еј налбанти мили брате!\nХарно ми коња ковајте,\nКарагрош плочи клавајте,\nАлтани клинци редејте.”\nЈанкула седло кроеше,\nНа Солунските сарачи\nОт чиста свита камуха.\nЈанкула узда правеше,\nКарагрошови лееше\nНа Солунските златари.\nКоња оружи, престегна;\nКоња му веле, говоре;\n„Што ме на тимар удираш?\nДаљ ке ме мене продадиш?\nИли ме менка учиниш,\n3а друга коња похарна?”\nЈанкула веле, говоре;\n„Еј ти коњу, мој дрогару!\nНито те, коњу, продавам,\nНи - те, коњу, разменувам;\nДошло писмо от Влашка наја,\nДа си појдам на Косово\nКосово поле широко;\nНастанала турска ордја,\nТурска ордја, силна војска,\nКе си појдам дури тамо.\nВјахна коња и киниса,\nПојде на поле Косово,\nТа влезе в турска ордиа,\nТа извади остра сабја,\nТа си фати да си сече,\nКак влезе в стреде ордиа,\nПушка пукна, Јанко падна.\nКоња застана над него,\nКоња диван да му чине;\nС грива му сенка чинеше\nС опашка мухи бранеше,\nЕм дробни с'лѕи ронеше,\nТам' и она до нег' падна\nДо нег' падна душа даде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82", "word_count": 207, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3952", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јанкула", "text": "Јанкула го војска обколила\nОт Станкамен дури до Бичица,\nА Јанкула баре абер немат,\nТук си седит в шарена одаа,\nИ си љубит свое м'шко дете,\nКог' излезе млада Јанкулица,\nСи се качи на диван високи,\nСе распули по гора зелена,\nШто да видит чудо и големо!\nЈанкула го војска обколила,\nКоњ до коња, како честа гора,\nА јунаци, как борје високи,\nОстри сабји како секаици,\nА туфеѕи како дробни ѕвезди,\nА бајраци как дробни облаци.\nИ се врати млада Јанкулица,\nИ си влезе в шарена одаа,\nИ ми велит на Јанкула јунак:\n„Стани, стани, а стопане мои,\nОстај го свое м'шко дете,\nИ излези надвор до надвора,\nIIIтo те војска тебе обколила!”\nИ стана Јанкула добар јунак,\nСи излезе от шарена одаа,\nСи се качи на диван високи,\nСе распули по гора зелена.\nШто да видит чудо и големо!\nЗашто виде војска распливала;\nИ викна Јанкула добар јунак\nИ си викна на своја стопанка:\nÂЈанкулице, ај млада стопанке!\nДонеси ми триста с'жни појас,\nДонеси ми сабја дипленица,\nШто се диплит меѓу девет дипли,\nСекоја дипла камен безценетен,\nШто ми сечит древја и камења,\nШто се носит во бела пазуа,\nИзваи ми стрела шестокрила,\nИ влези си во земни керали,\nПодседлај ми коња шаренего,\nПрестегни го со девет колани,\nПодгривата ж'лта боздогана,\nДа излезам с' аскер да се биам,”\nМу донесе млада Јанкулица.\nИ си јавна своја брза коња,\nИ си влезе в стреде от аскерот,\nОпитвит Јанкула добар јунак:\n„Ај ви вие млада бајрактари,\nС која мисља џеинк ке сторите!\nАљ барате Марка Кралевика,\nАљ барате Јанкула јунака?” -\nИ му велет млади бајрактари:\n„Не бараме Марка Кралевика\nТук' бараме Јанкула јунака.”\n„Ак' барате Јанкула јунака,\nЈас ке најдам Јанкула јунака,\nНа две ст'рни да се поредите.”\nС' измамие млада бајрактари,\nНа две ст'рни ми се поредие,\nСе подсмевјат Јанкула добар јунак,\nИ им велит „ај да се обидам,\nАљ сум јунак за да ве прескочам.”\nИ си дупна своја брза коња,\nСи отвори сабја дипленице,\nСи замавна на десната ст'рна,\nИ посече млади бајрактари;\nБрза коња поврати на лево,\nЖива душа не ми остаило.\nИ отиде Јанкула во дворје,\nИ си влезе в шарена одаа,\nИ ја виде млада Јанкулица,\nК'де плачит, к'де с'лѕи ронит;\nС'лѕи ронит по бели образи,\nР'це кршит от бели скутеи.\nТог' је велит Јанко добар јунак:\n„А што плачиш млада Јанкулице!\nАк' не вервиш слези ми во дворје,\nДа ми видиш моја брза коња,\nСе во крви коња попливана;\nДа ми видиш моја остра сабја,\nВеќе сабја ми је изабена.”\nВчасот стана млада Јанкулица\nБрза коња не појде да видит,\nТук се качи на диван високи,\nСе распули млада Јанкулица,\nСе распули по гора зелена,\nДа не видит аскер обколено,\nВиде немат аскер обколено;\nБрго слезе во широки дворје,\nИ си виде таја брза коња,\nСе во крви коња попливана;\nИ си виде сабја изабена.\nТога вера таја ми фатила\nОт' Јанкула сите и загуби.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0", "word_count": 493, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3946", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан болен", "text": "Разбољал с' е млад Стојан,\nТа лежи девет години\nНе умираа, нито стаја\nMajќa Стојану думаше:\n„Синко Стоене, Стоене!\nКато ми лежиш, умираш,\nНе умираш, нито стајаш\nМама тја не е питала,\nДа ми не б'деш греховен?”\nСтојан си мајци думаше:\n„Греховен, мале, та много;\nЗнаеш ли, мале, повниш ли,\nКога бе размир година,\nКога Татаре врвеха,\nСичкота село побјагна,\nИ тебе, мале, думаха\nТа и ти, мале, да бјагаш?\nА ти на жени думаше:\n„Бјагајте, жени, бјагајте,\nАла аз нема да бјагам,\nЧе имам много синове,\nЗе штат и остана штат;\nИ имам много имане,\nС имане ги шта откупа.”\nКога Татаре додоха,\nУ нас на конак падн'ха,\nТа зеха мене сиромах,\nТа ма на koњa качиха,\nАзе от коња отлитах,\nНа китка стрели налитах,\nИ на два ножа санджара.\nМајка ми в'н не излезе,\nРуса си коса скубеше,\nПо друмове ја хврљаше,\nЕничере ја береха,\nТ'нки камжици плетеха,\nДобри си коне шибаха;\nДето конете шибнеха,\nТо черни крви капеха,\nДето крви капнеха,\nЧервена ружа ц'втеше.\nЈеничаре ја береха,\nТа ја по чолми втикаха.\nТа вов Татарл'к отидох.\nСедехме до три години,\nКога с' назад врнахме,\nПрез наше село минахме,\nНашето село пусто село,\nВ срјад село нови гробишта,\nЖиви с' људе копале,\nКато Татаре виделе.\nНие ги на дјал удрихме;\nТога всјакому паднало,\nКому гроб, мале, кому два,\nМене с', мале паднаха,\nТри нови пусти гробишта.\nРаскопах, мале, един гроб,\nИзвадих лепа јунака;\nШто бе лепа променена,\nСамур му калпак на глава.\nИ на калпака перница,\nНа перница писано,\nТри годин млад годено,\nА три дни младо женено,\nТа па с' живо копало,\nКато Татаре видјало.\nТој ми с', мале, помоли:\n„Татаране ле, брајно ле!\nНе деј ме- брајно, погубва,\nЧе с'м три годин годено,\nИ три дни младо женено!”\nАзе го, мале, не слушах,\nАми го мале погубих.\nРаскопах, мале, втори гроб,\nИскопах, мале, невјаста,\nОште и венци на глава,\nАлени магдан на очи,\nИ на магдана перница,\nТри годин младо годена,\nА три дни младо женено,\nТа па с' живо копало,\nКато Татаре видјало.\nТа ми с', мале, помоли:\nТатаране ле, брајно ле!\nБоле си мене погуби,\nНе обирај ми среброто,\nСреброто и нанизното,\nЧе е от село собирано!”\nАзе е, мале, не слушах,\nАми и неа погубих.\nРаскопах, мале, трети гроб,\nИскопах лепа девојќа,\nШто бе лепо променена,\nНа главата и перница,\nНа перницата и писано,\nТри годин млада годена,\nГодена, а неженена.\nТа ми с', мале помоли:\n„Татаране ле, брајно ле!\nНе деј ме, брајно, погубва,\nЧе с'м една на мајќа си!”\nАзе е мале не слушах,\nАли и неа погубих.”\nМајќа Стојану думаше:\n„Лежал си девет години,\nИ оште девет да лежиш,\nДуша да ти не излезе,\nКост по кост да с' разнесеш,\nКостите да ти с'бера,\nВ гробишта да ги занеса!\nШтото е било млад јунак,\nТо ти е мило братенце;\nШто ти е било невјаста,\nТо ти е мила снащица;\nШто ти е било момата,\nТа ти е мила сестрица.”\nДе седја господ, та слуша.\nТа лежа оште девет годин,\nТа му душа не излезе.\nКостите му с' снизаха,\nТа ги мајка му с'брала,\nТа ги в гробишта занесе.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD", "word_count": 528, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3940", "title": "Зборник на Миладиновци/ Корун, Кондофила и син Костадин", "text": "Љубит Корун млада Кондофила,\nЈа љубило за девет години;\nМи одело от утро на утро,\nМи одело от вечер на вечер,\nДур порастил сина Костадина;\nТога ми се Корун уплашило,\nТога ми се Корун позапрело.\nМу допушти млада Кондофила:\n„А егиди Корун побратиме!\nШто не идеш, како што идеше?\nАли ти се азно дососало?”\nТога велит Корун кесеџија:\n„Кондофило, верна посестримо!\nМене ми се азно не дососвит,\nТуку сум се мошне уплашило\nОт твоего сина Костадина,\nМи го кажвет појунак от мене.”\nТога велит млада Кондофило:\n„Ај Коруне, верна побратиме!\nАљ тоа те тебе брига нашло?\nЈас ке легнам болна от нафола,\nКе си лежам за една недеља\nИ без лебец и без студна вода;\nКе го пушта во гopa зелена,\nДа ми барат вода лекоита,\nКе го пуштам в гора без оруже,\nДа го чекаш, ти да го загубиш,\nДа бидеме, како што сме биле.”\nСе поболи млада Кондофила,\nСе поболи болна от нафола,\nИ ми лежа за една недеља,\nИ без лебец и без студна вода.\nТога велит сина Костадина:\n„Леле мајко, леле мила мајко!\nДа ми кажиш от ошто си болна,\nАљ си болна, мајко, от господа,\nАљ си болна, мајко, от душмана,\nАљ си болна, мајко, за попои,\nАљ си болна, мајко, за екими,\nИ за воѓе, мајко, лекоити,\nДа ти барам билки чемерлики.”\nТога велит млада Кондофила:\n„Не сум болна, синко, за екими,\nТук да појдиш во гора зелена,\nДа ми бараш вода лекоита;\nАма ти се, синко милно-моља,\nДа не земаш таткоо ти оружје!\nНе се земат оружје за здравје.”\nСи киниса сина Костадина,\nДа си одит в гора без оружје.\nИ го разбра негоата сестра,\nИ му рече негоата сестра:\n„К'де одиш, мое мила брате!\nК'де одиш в гора без оружје!\nНе је болна мајка од господа,\nТук' је болна мајка од нафола.\nМи те пуштат в гора без оружје;\nТам' те чекаш Корун кесеџиа,\nТебе, брате, да ми те загубит;\nТуку ела дома да одиме,\nКе ти даам свекрвоо оружје.”\nСи отиде брате у сестра си,\nИ си зеде сватоо оружје.\nИ му рече негоата сестра:\n„Ајде сега брате Костадине!\nТи да можиш, бог да ти поможит,\nДа не бараш вода лекоита,\nТук' да бараш глаа Коруноа,\nДа донесиш на нашата мајка.”\nСи отиде сина Костадина,\nСи отиде во гора зелена.\nСи го најде Корун кесеџиа,\nИ му рече Корун кесеџиа:\n„Добре дојде Коста добар јунак!\nЈа те барав ноќе со борина,\nМи те најдоф дење на пладнина!\nЕла однош да се обидиме!”\nСе разлути Коста добар јунак,\nСи разлути своја брза коња,\nСи изваи сабја дипленица,\nГо пресече преку полоина.\nНа час Корун уште не узнало,\nСи разљути своја брза коња,\nИ се спушти тој по Костадина.\nКолку му се коња разиграло,\nТој ми падна, два трупа се стори.\nТога слезе Костадин от коња,\nМу ја зеде глаа Коруноа,\nСи ја врза в една бела риза,\nЈа обеси зад себе на коња.\nСи се врати при својата сестра: -\n„Ајде, сестро, дома да одиме!\nШто ми рече, сестро, ја погодиф,\nИ ја можеф, и господ поможи,\nЈа донесоф глаа Коруноа”\nОтидоа при нивната мајка,\nИ је викна сина Костадина:\n„На ти, мајка вода лекоита.” -\nИ је фрли глаа Коруноа; -\nДа се љубиш, как си се љубила!\nТи го бараш, ја ти го донесоф,\nАко појдоф в гора без оружје.”\nТргна сабја, мајка си пресече;\nНе је однесе в црков да закопат,\nТук је фарли по бела Дунава.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BD%2C_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%B8_%D1%81%D0%B8%D0%BD_%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD", "word_count": 568, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3960", "title": "Зборник на Миладиновци/ Лазар и Петкана", "text": "Де се чуло и видело\nТри п'ти жена да близни\nТри п'ти по три момчета!\nСтанали девет момчета\nИ една керка Петкана,\nПеткана расла, порасла\nСтана мома за женени;\nЗа Петкана дошле женилни\nОт девет села далеко,\nОсем ја брати не дават\nИ една стара мајчица,\nБрат и ја Лазар даваше\nДаваше, приговараше:\n„Да дадем, мамо, Петкана\nВов това пусто Загори,\nЧи с' Загорци бољарци,\nНи сми братја девјатина,\nП' еднош ште тја заведеми,\nИ девјат п'ти шта стани.”\nЧи с' Петкана отдали\nПриз девјат села в десјато,\nОт как Петкана отдали\nЧерна чума вљази в к'шти\nВљази чи ги удари\nДор девјат братја рождени,\nТуку остана, остана\nПетканина си мајчица;\nКата ден на гробиштата\nКата ден ката недеља,\nТам замр'ква, там ус'мва,\nИ сичкити си прилива,\nИ за душа им раздава;\nА Лазарча не прилива,\nНи му за душа раздава;\nНо си Лазарча провали:\n„Да сја провалиш, Лазаре,\nЧи ми Петкана отдаде\nВо това пусто Загори!”\nЛазар сја богу молеше:\n„Боже ле мили боже ле!\nСтори мја, боже, направи\nКрсто ми ж'лта б'клица,\nПостилката ми добар коњ!”\nИ господ ми го послуша,\nТа си му господ направи\nПостилката му добар коњ,\nКрсто му ж'лта б'клица\nЧи у Петкани отиде,\nЧи на вратнику повика;\n„Сестро Петкано, Петкано!\nЈа излез, сестро, пов'нка.”\nИ Петкана си излезе,\nЧе му р'ката ц'луна,\nИ на Лазарче думаше:\n„Лазарчо, брајно Лазарчо!\nТа што на тешко миришиш\nНа прс, брајно ле, помухлен\nЛазар Петкани думаше:\n„Петкано сестро Петкано!\nНи сме брати деветина,\nДевјат сми к'шти правили.\nДа додиш, сестро, с'с мени\nУ нас на гости да дојдеш.”\nПеткана стана да иди;\nВрвјали, што поврвјали,\nМинали гора зелена,\nНастали поле широко,\nСред поле дрво високо,\nНа дрво пеи пиленце:\n„Де се е чуло видело,\nЖива с'с мртва да ходи,\nКато Петкана с Лазарја!”\nПеткана дума Лазару:\n„Брајно ле, брајно Лазаре!\nЧуваш ли пиле как пеи?”\n„Ја врви сестро, да врвим!”\nВрвјали што сја врвјали,\nДо чаирити допрјали;\nПеткана дума Лазару:\n„Брајно ле, брајно Лазаре!\nСички чаири косени,\nВашите непокосени.”\nЛазар Петкани думаше:\n„Ази сја болен разбољах\nНе можих да ги покоса.”\nЧи до лозјата допрели;\n„Сичките лозја копани,\nЈа вашите не копани.”\nЛазар Петкани думаше:\n„Ази сја, сестро, разбољах,\nНе можих да ги ископам.”\nВрвели што поврвели,\nДо черковата отишле,\nЧи си прстено извади\nПрстено гуденишкиа,\nНа Петкана го подади; -\n„Кога тја мама попита\nКој тја, Петќано, доведи,\nИ ти и речи, Петкано,\nДоведи мја бати Лазар.\nАко ти вера не фани,\nИ ти и кажи прстено\nПрстено гуденишкио.”\nЛазар в гробишта отиде,\nА Петкана у мајка си;\nМајка на вратник стоеш .", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80_%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 441, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2762", "title": "Викиизвор:Индекс", "text": "{|\n|-\n| |\nАзбучен индекс\n|-\n| |\nПодолу е прикажан индекс на статиите на Викиизвор. Секоја врска води до страница која ги содржи сите статии кои почнуваат со одбраниот префикс. На пример, врската Ба ќе ги наведе сите страници кои имаат Ба- во почетокот на насловот.\nНа секоја страница за префикси, врските кои се со ''закосен текст'' претставуваат врски до страници кои пренасочуваат до други страници. За попрецизно барање видите го ''пребарувачот на префикси''.\n{|\n|А\n|Б\n|В\n|Г\n|Д\n|Ѓ\n|Е\n|Ж\n|З\n|Ѕ\n|И\n|Ј\n|К\n|Л\n|Љ\n|М\n|Н\n|Њ\n|О\n|П\n|Р\n|С\n|Т\n|Ќ\n|У\n|Ф\n|Х\n|Ц\n|Ч\n|Џ\n|Ш\n|------\n|Аа\n|Аб\n|Ав\n|Аг\n|Ад\n|Аѓ\n|Ае\n|Аж\n|Аз\n|Аѕ\n|Аи\n|Ај\n|Ак\n|Ал\n|Аљ\n|Ам\n|Ан\n|Ањ\n|Ао\n|Ап\n|Ар\n|Ас\n|Ат\n|Аќ\n|Ау\n|Аф\n|Ах\n|Ац\n|Ач\n|Аџ\n|Аш\n|------\n|Ба\n|Бб\n|Бв\n|Бг\n|Бд\n|Бѓ\n|Бе\n|Бж\n|Бз\n|Бѕ\n|Би\n|Бј\n|Бк\n|Бл\n|Бљ\n|Бм\n|Бн\n|Бњ\n|Бо\n|Бп\n|Бр\n|Бс\n|Бт\n|Бќ\n|Бу\n|Бф\n|Бх\n|Бц\n|Бч\n|Бџ\n|Бш\n|------\n|Ва\n|Вб\n|Вв\n|Вг\n|Вд\n|Вѓ\n|Ве\n|Вж\n|Вз\n|Вѕ\n|Ви\n|Вј\n|Вк\n|Вл\n|Вљ\n|Вм\n|Вн\n|Вњ\n|Во\n|Вп\n|Вр\n|Вс\n|Вт\n|Вќ\n|Ву\n|Вф\n|Вх\n|Вц\n|Вч\n|Вџ\n|Вш\n|------\n|Га\n|Гб\n|Гв\n|Гг\n|Гд\n|Гѓ\n|Ге\n|Гж\n|Гз\n|Гѕ\n|Ги\n|Гј\n|Гк\n|Гл\n|Гљ\n|Гм\n|Гн\n|Гњ\n|Го\n|Гп\n|Гр\n|Гс\n|Гт\n|Гќ\n|Гу\n|Гф\n|Гх\n|Гц\n|Гч\n|Гџ\n|Гш\n|------\n|Да\n|Дб\n|Дв\n|Дг\n|Дд\n|Дѓ\n|Де\n|Дж\n|Дз\n|Дѕ\n|Ди\n|Дј\n|Дк\n|Дл\n|Дљ\n|Дм\n|Дн\n|Дњ\n|До\n|Дп\n|Др\n|Дс\n|Дт\n|Дќ\n|Ду\n|Дф\n|Дх\n|Дц\n|Дч\n|Дџ\n|Дш\n|------\n|Ѓа\n|Ѓб\n|Ѓв\n|Ѓг\n|Ѓд\n|Ѓѓ\n|Ѓе\n|Ѓж\n|Ѓз\n|Ѓѕ\n|Ѓи\n|Ѓј\n|Ѓк\n|Ѓл\n|Ѓљ\n|Ѓм\n|Ѓн\n|Ѓњ\n|Ѓо\n|Ѓп\n|Ѓр\n|Ѓс\n|Ѓт\n|Ѓќ\n|Ѓу\n|Ѓф\n|Ѓх\n|Ѓц\n|Ѓч\n|Ѓџ\n|Ѓш\n|------\n|Еа\n|Еб\n|Ев\n|Ег\n|Ед\n|Еѓ\n|Ее\n|Еж\n|Ез\n|Еѕ\n|Еи\n|Еј\n|Ек\n|Ел\n|Ељ\n|Ем\n|Ен\n|Ењ\n|Ео\n|Еп\n|Ер\n|Ес\n|Ет\n|Еќ\n|Еу\n|Еф\n|Ех\n|Ец\n|Еч\n|Еџ\n|Еш\n|------\n|Жа\n|Жб\n|Жв\n|Жг\n|Жд\n|Жѓ\n|Же\n|Жж\n|Жз\n|Жѕ\n|Жи\n|Жј\n|Жк\n|Жл\n|Жљ\n|Жм\n|Жн\n|Жњ\n|Жо\n|Жп\n|Жр\n|Жс\n|Жт\n|Жќ\n|Жу\n|Жф\n|Жх\n|Жц\n|Жч\n|Жџ\n|Жш\n|------\n|За\n|Зб\n|Зв\n|Зг\n|Зд\n|Зѓ\n|Зе\n|Зж\n|Зз\n|Зѕ\n|Зи\n|Зј\n|Зк\n|Зл\n|Зљ\n|Зм\n|Зн\n|Зњ\n|Зо\n|Зп\n|Зр\n|Зс\n|Зт\n|Зќ\n|Зу\n|Зф\n|Зх\n|Зц\n|Зч\n|Зџ\n|Зш\n|------\n|Ѕа\n|Ѕб\n|Ѕв\n|Ѕг\n|Ѕд\n|Ѕѓ\n|Ѕе\n|Ѕж\n|Ѕз\n|Ѕѕ\n|Ѕи\n|Ѕј\n|Ѕк\n|Ѕл\n|Ѕљ\n|Ѕм\n|Ѕн\n|Ѕњ\n|Ѕо\n|Ѕп\n|Ѕр\n|Ѕс\n|Ѕт\n|Ѕќ\n|Ѕу\n|Ѕф\n|Ѕх\n|Ѕц\n|Ѕч\n|Ѕџ\n|Ѕш\n|------\n|Иа\n|Иб\n|Ив\n|Иг\n|Ид\n|Иѓ\n|Ие\n|Иж\n|Из\n|Иѕ\n|Ии\n|Иј\n|Ик\n|Ил\n|Иљ\n|Им\n|Ин\n|Ињ\n|Ио\n|Ип\n|Ир\n|Ис\n|Ит\n|Иќ\n|Иу\n|Иф\n|Их\n|Иц\n|Ич\n|Иџ\n|Иш\n|------\n|Ја\n|Јб\n|Јв\n|Јг\n|Јд\n|Јѓ\n|Је\n|Јж\n|Јз\n|Јѕ\n|Ји\n|Јј\n|Јк\n|Јл\n|Јљ\n|Јм\n|Јн\n|Јњ\n|Јо\n|Јп\n|Јр\n|Јс\n|Јт\n|Јќ\n|Ју\n|Јф\n|Јх\n|Јц\n|Јч\n|Јџ\n|Јш\n|------\n|Ка\n|Кб\n|Кв\n|Кг\n|Кд\n|Кѓ\n|Ке\n|Кж\n|Кз\n|Кѕ\n|Ки\n|Кј\n|Кк\n|Кл\n|Кљ\n|Км\n|Кн\n|Књ\n|Ко\n|Кп\n|Кр\n|Кс\n|Кт\n|Кќ\n|Ку\n|Кф\n|Кх\n|Кц\n|Кч\n|Кџ\n|Кш\n|------\n|Ла\n|Лб\n|Лв\n|Лг\n|Лд\n|Лѓ\n|Ле\n|Лж\n|Лз\n|Лѕ\n|Ли\n|Лј\n|Лк\n|Лл\n|Лљ\n|Лм\n|Лн\n|Лњ\n|Ло\n|Лп\n|Лр\n|Лс\n|Лт\n|Лќ\n|Лу\n|Лф\n|Лх\n|Лц\n|Лч\n|Лџ\n|Лш\n|------\n|Ља\n|Љб\n|Љв\n|Љг\n|Љд\n|Љѓ\n|Ље\n|Љж\n|Љз\n|Љѕ\n|Љи\n|Љј\n|Љк\n|Љл\n|Љљ\n|Љм\n|Љн\n|Љњ\n|Љо\n|Љп\n|Љр\n|Љс\n|Љт\n|Љќ\n|Љу\n|Љф\n|Љх\n|Љц\n|Љч\n|Љџ\n|Љш\n|------\n|Ма\n|Мб\n|Мв\n|Мг\n|Мд\n|Мѓ\n|Ме\n|Мж\n|Мз\n|Мѕ\n|Ми\n|Мј\n|Мк\n|Мл\n|Мљ\n|Мм\n|Мн\n|Мњ\n|Мо\n|Мп\n|Мр\n|Мс\n|Мт\n|Мќ\n|Му\n|Мф\n|Мх\n|Мц\n|Мч\n|Мџ\n|Мш\n|------\n|На\n|Нб\n|Нв\n|Нг\n|Нд\n|Нѓ\n|Не\n|Нж\n|Нз\n|Нѕ\n|Ни\n|Нј\n|Нк\n|Нл\n|Нљ\n|Нм\n|Нн\n|Нњ\n|Но\n|Нп\n|Нр\n|Нс\n|Нт\n|Нќ\n|Ну\n|Нф\n|Нх\n|Нц\n|Нч\n|Нџ\n|Нш\n|------\n|Ња\n|Њб\n|Њв\n|Њг\n|Њд\n|Њѓ\n|Ње\n|Њж\n|Њз\n|Њѕ\n|Њи\n|Њј\n|Њк\n|Њл\n|Њљ\n|Њм\n|Њн\n|Њњ\n|Њо\n|Њп\n|Њр\n|Њс\n|Њт\n|Њќ\n|Њу\n|Њф\n|Њх\n|Њц\n|Њч\n|Њџ\n|Њш\n|------\n|Оа\n|Об\n|Ов\n|Ог\n|Од\n|Оѓ\n|Ое\n|Ож\n|Оз\n|Оѕ\n|Ои\n|Ој\n|Ок\n|Ол\n|Ољ\n|Ом\n|Он\n|Оњ\n|Оо\n|Оп\n|Ор\n|Ос\n|От\n|Оќ\n|Оу\n|Оф\n|Ох\n|Оц\n|Оч\n|Оџ\n|Ош\n|------\n|Па\n|Пб\n|Пв\n|Пг\n|Пд\n|Пѓ\n|Пе\n|Пж\n|Пз\n|Пѕ\n|Пи\n|Пј\n|Пк\n|Пл\n|Пљ\n|Пм\n|Пн\n|Пњ\n|По\n|Пп\n|Пр\n|Пс\n|Пт\n|Пќ\n|Пу\n|Пф\n|Пх\n|Пц\n|Пч\n|Пџ\n|Пш\n|------\n|Ра\n|Рб\n|Рв\n|Рг\n|Рд\n|Рѓ\n|Ре\n|Рж\n|Рз\n|Рѕ\n|Ри\n|Рј\n|Рк\n|Рл\n|Рљ\n|Рм\n|Рн\n|Рњ\n|Ро\n|Рп\n|Рр\n|Рс\n|Рт\n|Рќ\n|Ру\n|Рф\n|Рх\n|Рц\n|Рч\n|Рџ\n|Рш\n|------\n|Са\n|Сб\n|Св\n|Сг\n|Сд\n|Сѓ\n|Се\n|Сж\n|Сз\n|Сѕ\n|Си\n|Сј\n|Ск\n|Сл\n|Сљ\n|См\n|Сн\n|Сњ\n|Со\n|Сп\n|Ср\n|Сс\n|Ст\n|Сќ\n|Су\n|Сф\n|Сх\n|Сц\n|Сч\n|Сџ\n|Сш\n|------\n|Та\n|Тб\n|Тв\n|Тг\n|Тд\n|Тѓ\n|Те\n|Тж\n|Тз\n|Тѕ\n|Ти\n|Тј\n|Тк\n|Тл\n|Тљ\n|Тм\n|Тн\n|Тњ\n|То\n|Тп\n|Тр\n|Тс\n|Тт\n|Тќ\n|Ту\n|Тф\n|Тх\n|Тц\n|Тч\n|Тџ\n|Тш\n|------\n|Ќа\n|Ќб\n|Ќв\n|Ќг\n|Ќд\n|Ќѓ\n|Ќе\n|Ќж\n|Ќз\n|Ќѕ\n|Ќи\n|Ќј\n|Ќк\n|Ќл\n|Ќљ\n|Ќм\n|Ќн\n|Ќњ\n|Ќо\n|Ќп\n|Ќр\n|Ќс\n|Ќт\n|Ќќ\n|Ќу\n|Ќф\n|Ќх\n|Ќц\n|Ќч\n|Ќџ\n|Ќш\n|------\n|Уа\n|Уб\n|Ув\n|Уг\n|Уд\n|Уѓ\n|Уе\n|Уж\n|Уз\n|Уѕ\n|Уи\n|Уј\n|Ук\n|Ул\n|Уљ\n|Ум\n|Ун\n|Уњ\n|Уо\n|Уп\n|Ур\n|Ус\n|Ут\n|Уќ\n|Уу\n|Уф\n|Ух\n|Уц\n|Уч\n|Уџ\n|Уш\n|------\n|Фа\n|Фб\n|Фв\n|Фг\n|Фд\n|Фѓ\n|Фе\n|Фж\n|Фз\n|Фѕ\n|Фи\n|Фј\n|Фк\n|Фл\n|Фљ\n|Фм\n|Фн\n|Фњ\n|Фо\n|Фп\n|Фр\n|Фс\n|Фт\n|Фќ\n|Фу\n|Фф\n|Фх\n|Фц\n|Фч\n|Фџ\n|Фш\n|------\n|Ха\n|Хб\n|Хв\n|Хг\n|Хд\n|Хѓ\n|Хе\n|Хж\n|Хз\n|Хѕ\n|Хи\n|Хј\n|Хк\n|Хл\n|Хљ\n|Хм\n|Хн\n|Хњ\n|Хо\n|Хп\n|Хр\n|Хс\n|Хт\n|Хќ\n|Ху\n|Хф\n|Хх\n|Хц\n|Хч\n|Хџ\n|Хш\n|------\n|Ца\n|Цб\n|Цв\n|Цг\n|Цд\n|Цѓ\n|Це\n|Цж\n|Цз\n|Цѕ\n|Ци\n|Цј\n|Цк\n|Цл\n|Цљ\n|Цм\n|Цн\n|Цњ\n|Цо\n|Цп\n|Цр\n|Цс\n|Цт\n|Цќ\n|Цу\n|Цф\n|Цх\n|Цц\n|Цч\n|Цџ\n|Цш\n|------\n|Ча\n|Чб\n|Чв\n|Чг\n|Чд\n|Чѓ\n|Че\n|Чж\n|Чз\n|Чѕ\n|Чи\n|Чј\n|Чк\n|Чл\n|Чљ\n|Чм\n|Чн\n|Чњ\n|Чо\n|Чп\n|Чр\n|Чс\n|Чт\n|Чќ\n|Чу\n|Чф\n|Чх\n|Чц\n|Чч\n|Чџ\n|Чш\n|------\n|Џа\n|Џб\n|Џв\n|Џг\n|Џд\n|Џѓ\n|Џе\n|Џж\n|Џз\n|Џѕ\n|Џи\n|Џј\n|Џк\n|Џл\n|Џљ\n|Џм\n|Џн\n|Џњ\n|Џо\n|Џп\n|Џр\n|Џс\n|Џт\n|Џќ\n|Џу\n|Џф\n|Џх\n|Џц\n|Џч\n|Џџ\n|Џш\n|------\n|Ша\n|Шб\n|Шв\n|Шг\n|Шд\n|Шѓ\n|Ше\n|Шж\n|Шз\n|Шѕ\n|Ши\n|Шј\n|Шк\n|Шл\n|Шљ\n|Шм\n|Шн\n|Шњ\n|Шо\n|Шп\n|Шр\n|Шс\n|Шт\n|Шќ\n|Шу\n|Шф\n|Шх\n|Шц\n|Шч\n|Шџ\n|Шш\n|}{|\n|-\n|A\n|B\n|C\n|D\n|E\n|F\n|G\n|H\n|I\n|J\n|K\n|L\n|M\n|N\n|O\n|P\n|Q\n|R\n|S\n|T\n|U\n|V\n|W\n|X\n|Y\n|Z\n|}{|\n|-\n|0\n|1\n|2\n|3\n|4\n|5\n|6\n|7\n|8\n|9\n|}", "subject": ["Викиизвор", "Содржина"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%98%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D1%81", "word_count": 1097, "cyrillic": 0.976}
{"id": "3968", "title": "Закон за грбот на Македонија", "text": "Член 1\nСо овој закон се уредува грбот на Република Македонија.\nЧлен 2\n(1) Грбот на Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви.\n(2) Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река, а зад планината изгрева сонце.\nЧлен 3\nЛиковно-графичкиот приказ на грбот на Република Македонија е составен дел на овој закон.\nЧлен 4\n(1) Органите на државната и локалната власт и други органи, организации, институции, установи и правни лица се должни да ја усогласат употребата на\nгрбот согласно со овој закон во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.\n(2) Употребата на грбот на обрасците за лични документи ќе се применува во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.\n(3) Издадените патни исправи, лични карти и други лични документи, се употребуваат до денот на нивното важење.\n(4) Издадените банкноти, метални пари, државни и вредносни хартии, се употребуваат пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон.\n(5) Банкноти, метални пари, државни и вредносни хартии по истекот на рокот утврден во ставот (4) од овој член можат да се заменат но не и да се\nупотребуваат.\n(6) Со денот на влегувањето во сила на овој закон употребата на грбот при печатењето на обрасци за лични документи, патни исправи, лични карти и други\nлични документи, како и при издавањето на банкноти, метални пари, државни и вредносни хартии ќе се врши во согласност со овој закон.\nЧлен 5\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B1%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 286, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3928", "title": "Зборник на Миладиновци/ Латински краљ и Огнен", "text": "Свадба чинит краља Латинина,\nСвадба чинит сина ке си женит,\nАма му је синот грдомазен:\nГорна рилка дури до челбинка,\nА долната дури до појаса.\nТук се чудит краљот што да чинит,\nОт' ке земит не'ста от далеку,\nОт далеку од Легена града\nОт Легена девет браким сестра.\nШто му гответ големи пештежи,\nДевет браќа девет кули азно,\nСтара тешта от срма кошуља,\nНа кориља камни безценети.\nТес му готвит сабја дипленица.\nШто се диплит дванаесет дипли,\nШто се носит во бела пазуа,\nШто да сечит дрвја и камења;\nШто му готвит софра позлатена,\nШто да седет седумдесет мина;\nА на неа камни безценети,\nДа ручает и да вечерает\nБез свеќа, без бела борина,\nОт софрата видело да имат.\nСнаи му гответ ждребе тригодишно,\nШто го ранет се со суво грозје,\nШто да пливат преку Црно Море.\nИ си стана краља Латинина,\nСи го кани Марка Кралевике,\nСи го кани чесна кумашина.\nСтанал Марко рано во недеља,\nКоња коит мошне арџелио,\nПлоча клажат от бели карагрош,\nКлинци клажат от ж'лта дуката.\nТога велит млада Маркоица:\n„Ајти Марко, мое господине!\nШто те тебе нужба дотерало,\nКоња коиш олку арџелио?\nАљ ке одиш на војска цареа,\nАљ ке одиш негдека на свадба?”\nТога велит Марко Кралевике:\n„А егиди млада Маркоице:\nЈас не одам на војска цареа,\nЈас не одам чесна кумашина,\nМи допуштил краља Латинина,\nШто ме канил чесна кумашина.\nЈас не одам чесна кумашина,\nТук промени наше м'шко дете,\nКе го пуштам у краља на свадба.”\nИ си стана млада Маркоица,\nИ си зеде свое м'шко дете,\nМ'шко дете малечек Огнена,\nМу облече бурунџи кошуља,\nМу облече от кафтан долама,\nМу облече џубе нафелио,\nА на глаа самура калпага;\nПа пазуи пак што му нареди?\nМу нареди камни безценети.\nДете греит, како јасно с'нце.\nГо качие на брзега коња.\nИ си стана млада Маркоица,\nМу целива коњу црни очи:\n„Коњу, коњу, жити црни очи!\nДа ми вардиш мое м'шко дете,\nОту ми је дете аџамија!” –\n„Глаа даа, а дете не даа.”\nИ му рече Марко Кралевике:\n„Ајти синко, малечок Огнене!\nКе те пушта у краља на свадба,\nАма немој да ме посрамотиш,\nТуку испат сакам да го сториш,\nОт' си, синко, Маркоо колено.\nДа не пиеш вино и ракиа,\nДа не јадиш манџи господарски,\nДа не слегвиш от коња на земи;\nКак те пуштам, така да ми дојдиш.”\nМи отиде у краља на свадба;\nКако татко што му нар'чало,\nТака дете зборот му држало,\nИ ми најде китени сватои,\nШто ми седет на диван високи;\nЈадет, пијет, кумот го чекает,\nДа ми одет п' убаа нееста.\nИ ми дојде Огнен добар јунак;\nИ се спушти краља Латинина,\nМу целива на коњот седлото,\nИ го молит Огнена детенце,\nДа му слезит от коња брзего.\nДа го клаит на чесна трпеза.\nИ му велит Огнен добар јунак:\n„Ајти тебе краља Латинина!\nЈас од татко изан не си зедоф,\nДа си седна на чесна трпеза,\nДа си пијам вино и ракиа,\nДа ти јадам манџи господарски;\nСо си коња на диван ке идам.\nАј земај си китени сватои,\nДа одиме п' убаа нееста.”\nТога велит краља Латинина;\n„Ајти синко, ајти мили синко!\nДа ме простиш, нешто ке ти кажам,\nСум те канил, а не сум ти казал.\nАли можиш, синко, да ми одиш\nДа ми одиш зета аманета?”\nТога велит малечек Огненче:\n„Ајти тебе краља Латинина!\nСум те канил, а не сум ти казал.\nАко држиш збор, што ке ти речам,\nДароите што ке ме дарвеет,\nДарој мене, неестата тебе;\nТака ида зета аманета.”\nИ му рече краља Латинина:\nДарој тебе, неестата мене;\nТуку дан' ме, синко, пострамотиш,\nКога ке ја неестата донесам,\nКе те клаам чесна кумашина.”\nКинисае китени сватои,\nДа ми одет п' убаа нееста,\nИзлегое по бели друмои;\nНапред одит малечек Огненче,\nСи разигра своја брза коња,\nДете греит како јасно с'нце.\nГо видое Легенки девојки;\nТога велет Легенки девојки:\n„Леле боже, леле мили боже!\nБлаѕе мајка што родила јунак;\nНајблаѕе таја што ке го љубит!”\nОтидое у Легена града,\nДа земает убаа нееста.\nИзвадие големи пештежи: -\nДевет браќа девет кули азно,\nСтара тешта срмена кошуља\nНа кориља камни безценети;\nСтариот тес сабја дипленица,\nШто се диплит дванаесет дипли,\nШто се носит во бела пазуа,\nШто да сечит древја и камења.\nСи изваде софра позлатена,\nА на неа камни безценети,\nДа ручает и да вечерает\nБез свеќа, без бела борина,\nОт софрата видело да имат;\nМили снаи ждребе тригодишно,\nШто го ранее се со суво грозје,\nШто да пливат преку црно море.\nСи зедое убаа нееста.\nМи оделе сватој што оделе,\nИзлегое по крај црно море;\nМи повеа еден тиок ветар,\nЈе отвеал дулак от нееста:\nИ ја виде млада зеташтина.\nТога велит убаа нееста:\n„Леле боже, леле мили боже!\nБлаѕе мајка, што родила сина,\nА поблаѕе ја што ке го љуба.”\nИ е дочу малечек Огненче.\nТога велит малечек Огненче:\n„Ајти тебе убаа нееста!\nНе пули се, неесто, во мене,\nТук пули се во иљада сватој,\nКој ми имат рилка до челбинка,\nКај ми имат рилка до појаса,\nТи со него ќе ми се кердосаш,\nА ас сум ти зета аменета.”\nТога велит убаа нееста:\n„Бог те убил краља Латинина!\nЗашт' ми кладе зета аманета;\nАко беше син ти грдомазен,\nДа не земат други дароите.”\nИ му велит краља Латинина:\n„А егиди малечек Огненче!\nНеестата пишман се сторила,\nНе ти даат тебе дароите.”\nСе наљути малечек Огненче,\nСи изваде сабја дипленица,\nЈе пресече софра позлатена,\nТа ја фрли в она црно море;\nИ си зеде девет кули азна,\nСи и фрли в она црно море;\nИ го зеде ждребе тригодишно,\nГо пресече преку полоина,\nСи го фрли в она црно море.\nТога рече убаа нееста:\n„Али сешто ја да си прежаљам,\nАма ждребе како да прежаљам,\nТри години што ми го раниле\nГо раниле мојте мили снаи\nСе со шекер и со суо грозје\nСе разсили малечек Огненче,\nЈе пресече убаа нееста,\nСи ја фрли в она црно море.\nОстра сабја от камења скрши,\nСи ја фрли в она црно море.\nИ му рече малечек Огненче:\n„А егиди краља Латинина!\nАли виде Маркоо коленце,\nКак да одит назод без дарои,\nТи ке одиш назод без нееста!”\nСи разљути Огнен брза коња,\nСи се фрли в она црно море,\nСи преплива она црно море,\nСи отиде при свој мили татко.\nМарко седит на диван високи,\nГо догледа дете от далеку,\nИ је велит Марко Кралевике:\n„Ајти табе млада Маркоице!\nНешто идет дете наљутено.”\nКога дојде малечек Огненче,\nМи зборвеше мошне наљутено.\nИ му рече Марко Кралевике:\n„Што си, синко, олку наљутено?”\nИ му рече малечек Огненче:\n„Јас не требит да сум наљутено,\nТуку требит сабја да истаргна,\nДа ти зеам глаа от рамена,\nОти кога да се опијаниш,\nТи не знаиш тога што да чиниш,\nСо Латини побратимство чиниш;\nАљ не знаиш оти се безверни,\nКак не кани, така не не држа;\nНе ме кладе чесна кумашина,\nТук ме кладе зета аманета,\nИ ми такса се бели дарои,\nДарој мене, неестата нему.\nПосле краљот пишман ми се стори,\nЖаљ му беше дарои да земам,\nЗашто беа големи пештежи; -\nДевет браќа девет кули азно;\nСтара тешта от срма кошуља,\nНа кориља камни безценети;\nСтариот тест сабја дипленица,\nШто се диплит дванаесет дипли,\nШто се носит во бела пазуа,\nШто да сечит древја и камења;\nШто му зготвее софра позлатена,\nШто да седет седумдесет мина,\nА на неа камни безценети,\nДа ручает и да вечерает\nБез свеќа, без бела борина,\nОт софрата видело да имат.\nСнаи му зготвее ждребе тригодишно,\nШто го ранее се со суво грозје,\nШто да пливат преку црно море. -\n'И исфрлиф в она црно море\nИ дарои и млада нееста;\nЈас си дојдоф назод без дарои,\nТој побегна назод без нееста;\nИспат сториф наша јунаштина.”\nТога Марко дете го избаци,\nМаркоица коња го избаци.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9B%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%99_%D0%B8_%D0%9E%D0%B3%D0%BD%D0%B5%D0%BD", "word_count": 1294, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3964", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко и Гино арнаутче", "text": "Постил Марко пости велигденски,\nСедум недели, седум п'ти јал,\nБез вино, без љута ракиа.\nИ ми дојде дена Велигдена,\nСтанал Марко на веља с'бота,\nСе променвит лепа се наружвит.\nМаркоица коња му променвит;\nИ му велит млада Маркоица:\n„Ај ти Марко, мои господине!\nАљ да клаам твоја остра сабја,\nАљ да клаам ж'лта боздогана?”\nИ је рече Марко Кралевиќе!\n„А егиди млада Маркоице,\nНе ке ода на војска цареа,\nНе ке ода негдека на свадба,\nТа да зеам моја остра сабја;\nТук ке одам в црква Арангела\nАрангела ва царква на причесна,”\nБог је убил млада Маркоица,\nЗашто беше умна и разумна;\nИ ја зеде сабја дипленица,\nШто се диплит дванаесет дипли,\nВо д'лжина дванаесет педи,\nВо ширина што беше четири;\nМу ја кладе сабја от скришема,\nМу ја кладе коњу во гривата,\nМу целива коњу црни очи,\nИ му рече млада Маркоица:\n„Коњу, коњу, жити црни очи!\nАко видиш негде Марка во зло,\nДа му кажиш негва остра сабја.”\nСи киниса Марко Кралевике,\nДа си одит в црква Арангела.\nКолку појде во гора зелена,\nГо сусрети Гино Арнауче.\nИ му рече Марко Кралевике:\n„Добро утро, Гино Арнауче!”\n„Дал бог добро, незнаено дељо!”\n„К'де вака, Гино Арнауче,\nК'де вака коња си потерал?”\nТога зборвит Гино Арнауче:\n„Ај ти тебе незнаено дељо!\nЈас ке одам у Марка Кралевиќа,\nМарко ми је в црква Арангела,\nКе му грабам сестра Ангелина,\nКе му сторам големи намузлак;\nОти има три години време,\nЈас се сакам, тој не ми ја дават.”\nТога рече Марко Кралевиќе\n„Ај со здравје Гино Арнауче!\nАко можиш, бог да ти поможит!”\nКолку Марко ми се отделило,\nМошне жаљат и умилно плачит\nИ со коња лакардии чинит:\n„Леле коњу, леле брза коњу!\nКак не имаф моја остра сабја,\nДа пресечам Гино на п'тишта!\nКе ми сторит големи намузлак,\nКе пограби моја мила сестра.”\nДаде господ коња отгоори;\n„Ајти Марко- мое господине!\nНе клаи си големи касает,\nТук побарај во мојава коса,\nДа си најдиш твоја остра сабја.”\nИ си зеде Марко остра сабја,\nНазад коња Марко си потера;\nИ си рече Марко Кралевике:\n„Леле боже, леле мили боже,\nСега, боже, мене поможи ми,\nПак ке постам пости велигденски,\nПак ке дојдит дена Велигдена,\nДа си одам в црков на причесна.”\nГо прифтаса Гино Арнауче,\nИ му рече Марко Кралевике:\n„Чекај ми се, Гино Арнауче!\nЧија сестра ке одиш да грабиш!\nЕла еднош да се обидиме,\nОбидиме во гора зелена,\nОту после сестра да је грабиш!”\nСе застоа Гино Арнауче.\nСе фатие с онје остри сабји:\nОстри сабји си и искршие\nА јунаци не се загубие.\nСе фатие со тонки рамена;\nИ го фати Гино Арнауче,\nСи го фати Марка Кралевиќа,\nДо колена в земи го закопа,\nУшт' едношка дури до појаса,\nКолку глаа да му ја пресечит;\nБог го убил Марка Кралевиќа!\nЗашто беше умен и разумен;\nШто му рече Марко Кралевике:\n„А егиди Гино Арнауче!\nЈа ти падвам на твојата нога,\nКако сакаш, така да ме губиш,\nТуку ти се тебе милно мољам,\nДа м' однесиш на долна меана,\nТамо имат млада карчмарица,\nМногу вино тамо сум је пило,\nСум је пило, несу је платило,\nДа ме губиш пред нејѕини очи,\nИ нејѕини кеиф да је сториш,\nЗашто ми је таја баш душмана,”\nСе измами Гино Арнауче,\nИ му фрли дробнана синџира,\nСи го фрли зад себе на коња,\nГо однесе на долна меана,\nГо догледа млада карчмарица;\nНе му беше таја баш душмана,\nТук' му беше верна посестрима.\n„Ела, ела Гино Арнауче!\nАљ го носиш моиот асмиа!\nБог да прости к'де си го фатил!\nОти имат токму три години,\nВино пиет, пари не ми дало,”\nСи отиде Гино на меана,\nСи го зеде млада карчмарица,\nМарко го скри в шарена одаа,\nИ го служит Гина Арнауче,\nИ го служит со љута ракиа,\nПо ракиа манџи господарски,\nА по манџи вино тригодишно,\nА во вино биљки чемерливки.\nС' опијани Гино Арнауче;\nИ је рече Гино Арнауче:\n„Ај ти тебе млада карчмарице!\nТи се мољам арно да го држиш,\nДан' побегнит нашиот асмиа,\nОт' ке легна малу да поспиа.”\nИ му рече млада карчмарица:\n„Немај гајле, Гина Арнауче,\nЈас го имам него закључено!”\nМу подаде шарена перница,\nИ му фрли свилена јоргана,\nДа поспиет Гино Арнауче.\nКолку заспа Гино Арнауче,\nИ си стана млада карчмарица,\nИ си зеде сабја м'жоа си,\nСи отвори шарена одаа,\nМу изваде дробнана синџира,\nМу подаде Маркоје остра сабја;\n„Стани сега, Марко Кралевиќе,\nДа загубиш нашиот асмиа.\nСи го отскри Гина Арнауче,\nСи го отскри Марко Кралевиќе,\nИ му зеде глаа от камена;\nИ је рече Марко Кралевиќе:\n„Ангелина, моја мила сестра!\nДо сега т' имаф верна посестрима,\nА от сега за сестра рогена!”\nГо зедаа Гина Арнауче,\nГо фарлие по бела Дунава.\nНазод дома Марко си отиде;\nКо дојдое пости велигденски,\nПак си пости Марко Кралевике.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE_%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82%D1%87%D0%B5", "word_count": 800, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3962", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко, Арапин и Маркоица", "text": "Марко беше више на дивани,\nСе опули по бели друмои,\nЈе зборует на своја невеста:\n„Ој невесто, мое мило добро!\nШто ке бидит м'гли и прахои,\nПод Вароша, по бели друмои?”\n„Дејди Марко, мој мили стопан!\nДа не ми је голема превара!”\nУште речта двата не изрекле,\nЕто порти вите се кљукает,\nЈе зборуват Марко невесте си:\n„Појди слези во наши дворои,\nИ погледај што се порти кљукат!”\nМи отиде млада Маркоица,\nКога гледат црна Арапина.\n„Ели чуеш млада Маркоице!\nДаљ је тува Марко Кралевиќе?\nСум го чуло многу вино пило\nИ на облог се оболожуало;\nАко сакат да с' обложуеме,\nМие двата вино да пиеме,\nАко мене тој ме надпиет,\nКе му даам моја добра коња,\nКе му даам моја остра сабја,\nСо сабиа глава да пресечиш;\nАко него вино го надпиам,\nДа ми даит млада Маркоица.”\nТарчаинчкум се качи на диван:\n„Дејди Марко, мој стопанине!\nСама, велит, лова што ни дошла,\nШто ни дошла црна Арапина,\nНа облога он се обложует;\nАко него вино го надпиам,\nЌе ти даит негва добра коња,\nЌе ти даит негва остра сабја,\nСо сабја глава да пресечиш;\nАко вино тои те надпиет,\nДа му даиш млада твоја љубов.”\n„Ај отвори наши вити порти,\nНека влезит црна Арапина!”\nМ' отвори от дворје вити порти;\nКоња врза в д'лга конушница,\nПа се вкачи више на дивани.\nШто си пија три дни и три ноке,\nВ три дни никој од ним не се опи;\nА Маркое му се здодеало,\nСедееќум, вино пијееќум;\nНа Арапот Марко му зборвеше:\n„Дејди Арап, море црни Арап,\nИзин дај ми малу да прошетам!”\nМалу во двор Марко се прошета,\nБргу по скалици се искачи,\nС' искачи за вино загорено;\nЧабур чаша полна ми испило,\nЧабур чаша седумдесет ока.\nБог да биет црна Арапина!\nБеше клало билки чемерлики;\nА ја испи, дремка го навали.\nЛегна Марко малце да преспиет,\nИ он колај не се разбудует.\nБог да биет црна Арапина,\nШто је велит младе Маркоице:\n„Промени се, млада Маркоице!\nБлаѕе си ти, што ке мен' кердосаш,\nИ мене со тебе јуш најблаѕе,”\n„Фало богу единому, велит,\n3ашто ти мене ке ме избавиш\nОт овего тешка пианица!\nПочекај, постој ти да соберам\nСе моето рубо невестинско,\nДа му земам оружје Марково!”\nБог да биет црна Арапина!\nНе ми чекат млада Маркоица,\nТуку рипнал на ноѕе јуначки,\nПрау тргат долна конушница,\nСвоја коња от тамо отрешует,\nПа Маркоа коња отврзует,\nСи ја качи млада Марко'ица.\nНе ми терат, како коњ се терат,\nТуку како силен ветар бегат.\nПриближие до Солуна града,\nТамо велит млада Маркоица:\n„Дејди Арап, дејди златен Арап!\nМарко овде с' имат побратими,\nМене тие веднош ке познает,\nА тебе на часот ке загубет;\nСлечи твое свилно убао руво,\nИ ја него да си го облечам,\nСтрашен делиа да им се гледам;\nНа ти стори се кабаетлиа,\nЃоа мноту љуѓе си искало,\nМногу грешки сегде си сторило,\nДа те носам прау Цариграда.”\nШто појдоа на ладна меана,\nНа меана во Солуна града.\nЛичба личит млада Маркоица:\n„Да слушајте Солунсни гражани!\nОвој хајта мошне кабаетлиа,\nКолку крвје турил по друмои,\nКолку недугај хајта не сторило,\nКе го насам прау при Султана;\nНемој некои Арап да загубит,\nОти џувап никој не ми дават!\nНоќе стана млада Маркоица,\nДо рамена глава му пресече;\nУтро само кога се ос'мна\nПиштит тога страшен делибаша:\n„Аљ слушате Солунске гражане!\nОт вас сакам црна Арапина;\nКој нему ноќе глава пресекло?\nСи гражани арно разберите,\nБар' едно живо не остава!”\nТук се мољат Солунски гражани:\n„Не можиме, велет, крај да најме,\nКој је Арапина загубило;\nСве ни сакај што ке ни посакаш\nДа даиме и да простиме.”\n„Благо дајте дванаесет товари\nСо се маски, с' млади кираџии;\nАрапина така ви проштаам,”\nЈе дадоа Солунски гражани\nЈе дадоа се што посакала.\nТа потера дванаесет маски\nОт Солуна назад се вратила.\nИзлегоа под Солуна града,\nПод Солуна в зелени ливади,\nМи го стрети Марка Кралевиќа.\nИзговори Марко Кралевиќе:\n„Даљ ме чуеш страшен делибаша!\nДали идеш по море, по вода,\nДали идеш по бели друмои?\nКе те прашам, нешто да ми кажиш,”\nИзговори страшен делибаша:\n„Кажи Марко, Марко Кралевиќе!\nШто неоља, Марко, ми те нашло?”\n„Дали стрете црна арапина,\nДа носит убава невеста?”\n„Дејди Марко, Марко Кралевиќе!\nЈас си идам от место далечно,\nЈас си стретиф црна Арапина\nПреку Стамбол тридесет конаци,\nКај носеше убава невеста,\nВо погледот како Маркоица.\nДејди Марко, Марко от Вароша;\nДали краљство, море, не повељаш,\nДаљ не можиш друга да си најдиш,\nM'ш сакала, и м'ш си избрала.\nДали чуеш Марко Кралевиќе!\nАј ти назад, Марко, поврати се,\nДванадесет товари да тераш,\nДа тоарвиш со моиот слуга,\nДа тоарвиш и да растоарвиш,”\nКинисае по бели друмои;\nНегде годе жена потерует\nМи го биет с три струка камџика,\nМи го биет Марка Кралевиќе;\nНегде годе петици згазует,\nОт петици црн крв потекует.\nСи дојдоа тие по Пирока,\nСи фтасаа под бела Плетвара.\nТога опет страшен делибаша,\nОпет фати Марка да прашует;\n„Дејди Марко, Марко Кралевиќе,\nДа ја видиш млада Маркоица\nДали можиш неа да познаиш?”\nИзговори Марко Кралевиќе:\n„Даљ ме чуеш страшен делибаша,\nНемој така тебе да останит!\nКога гледаш во сурова земја,\nТи прилегаш млада Маркоица;\nКога гледаш она ведро небо,\nНигде немат пострашен от тебе.”\nИ дојдоа во бела Плетвара.\nРипна от коња млада Маркоица,\nКачи Марка свои стопанина:\n„Јаз сум твоја млада Маркоица.”\n„Простум тебе моите црни крвје,\nИ проштам ти три струка камџика,\nШто биеше по глава, по чело.”\nСи ојдоа више на дивани,\nРастоарје дванаесет т'вара благо.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%2C_%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D0%BD_%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 911, "cyrillic": 0.999}
{"id": "4001", "title": "Темко Попов", "text": "Темко Попов бил македонски национален деец, македонист, член на Тајниот македонски комитет и публицист кој смета дека „најглавната работа е Македонија да се помакедончи“. Заедно со уште тројца членови на ТМК (Н. Евро, К. Групче и В. Карајовов) учествува во тајните преговори со српската влада за соработка по македонското прашање што се водат во Белград кон крајот на август 1886 година.\n1 Писма\n* Кој је крив\n* Писмо до Деспот Баџовиќ", "subject": ["Темко Попов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%BA%D0%BE_%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4026", "title": "Зборник на Миладиновци/ Петко векилин", "text": "Пеле, не пеле, мори, петлите;\nСејмени тептил тргн'ха,\nЧорбаџи Петко фан'ха,\nКалоферскиа векилин.\nА Стамболскиа сарафин.\nНазат му р'це врзаха,\nПот кон му нозе коваха,\nНа Стамбол да го закарат.\nА Петковица викилка,\nТја си на след тјах идеше,\nНа сејмени с' молеше:\n„Сејмени, млади сејмени!\nСичконо беглик земете,\nОвцете с'с овчерете,\nГоведа с говедарето;\nОште ни беглик земете\nК'штата с пок'штнината,\nЧорбаџи Петко пуснете,\nКалоферскиа векилин!”\nА сејмени и думаха:\n„Петковице ле, векилко!\nНе жали Петко векилин,\nВ Филибе му е објада,\nНа Едрене му вечера,\nЗаран порано вов Стамбол.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE_%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BD", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4017", "title": "Сл. весник / РМ / 1996 / 9 - Закон за семејството (Изменување и дополнување)", "text": "Во Законот за семејството (“Службен весник на Република Македонија” број 80/92), во членот 47 по ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи:\n“Малолетните деца имаат право да одржуваат непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е\nодземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право”.\nВо членот 79 по ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи:\n(4) “Во случај кога не се остварува правото на малолетното дете да одржува непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право, Центарот за социјална работа, донесува решение за начинот на одржување па непосредните контакти.”\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.", "subject": ["Закон за семејството", "Сл. весник / РМ / 1996 / 9"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB._%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_/_%D0%A0%D0%9C_/_1996_/_9_-_%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%28%D0%98%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%29", "word_count": 149, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4025", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан војник", "text": "В петок сја Стојан позгоди,\nВ с'бота било, што било,\nОт царја фирман дофтаса,\nДа иди Стојан, да иди\nНа царја слуга да стане.\nСтојан извади кончето,\nЧе го оседле, обузде.\nБулче при коња стоеше,\nИ на Стојана думаше:\n„Стојане првна, првина!\nПостој, Стојане, почакај,\nДа влеза в горна градина,\nДа бера цвети китинку.”\nУви ја китка розљасна,\nЧи на Стојана отдаде:\n„Турни ја в бјала пазуха,\nСутрина, вечер поливај;\nКато си китка повјани,\nТогава ште сја позгодја;\nКогато китка изс'хни,\nТогава ште сја ожења.”\nИ стана Стојан отиде,\nПоходи мало и много,\nДор цели девјат години,\nТогава китка повјахна.\nСтојан си викна заплака.\nДе го зачула царица,\nИ на Стојана думаше:\n„Стојане, младо војниче!\nСег' стана девјат години,\nАз не бјах тебе видела,\nДа викниш и да заплачиш.” –\n„Царице, господарице!\nСег' стана девјат години,\nОставих булче под було,\nДнес на булче е свадбата.”\nЦарица дума Стојану:\nСтојане, холан Стојане!\nИзвади конче хранено,\nЧе го оседли, обузди;\nАко ти п'т за недеља,\nТи си го земи за пладња.\nИзвади конче фраквато,\nЧе го обузде, оседле;\nП'т му беше за недеља,\nА тој го зеде за пладња.\nПокрај ми лозе замина,\nБашта му лозе копаше.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8%D0%BA", "word_count": 198, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4029", "title": "Зборник на Миладиновци/ Начо", "text": "Останал ми Начу\nОт три дни сираче\nБез мајка, без башта.\nСиракувал Начу\nДваесе години\nПо чуждите врати\nПо Турски чифлици;\nИ на врх Велигден\nВ'в свјата недеља\nХора в црква влазјат,\nНачу рало стјага,\nДребни с'лѕи рони\nИ сја богу моли:\n„Боже, мили боже,\nНе ли е днеска,\nДнеска, ден празничен,\nДен свјата недеља?\nСички на Велигден\nХора в црква влазјат\nПак аз дрослам* стјагам\nИ биволи впрјагам.”\nНа нива отиде,\nПрва бр'зна пусна\nИ втора повтори;\nБивол си поривал.\nИ продума Начу\nИ ми ги к'лнеше:\n„Биволи, биволи,\nНи толку (сте) врвјали,\nСига ми легнахте.”\nИ бивол му дума:\n„Начу, сирак Начу!\nЈа откачи рало,\nЧи сај закачило\nЗа девет казани\nСос ж'лти алт'ни.”\nЧи откачи Начу\nТова пусто рало,\nЧи извади Начу\nДо девет казани\nСос ж'лти алт'ни.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0%D1%87%D0%BE", "word_count": 139, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4031", "title": "Зборник на Миладиновци/ Будинска Рада", "text": "Мари Радо, бјала Радо!\nЦар царува в Цариграда,\nБјала Рада в Буден града.\nБиха млади јеничаре,\nНе можаха да разбијат\nНови града Буденова,\nДур не доде Татар паша,\nТатар паша сос Татари.\nДваш обиде, триш удари;\nТвари ми са разљуљаха,\nКључалки са потрошиха,\nИ порти са отвориха,\nТа е влјазал Татар паша.\nТам е нашол бјала Рада,\nДека јаде циро јагне,\nИ пие си рујно вино\nС Петра Бана, мила брата\nИ Ивана побратима.\nПетра Бана погубиха;\nА Ивана посјакоха,\nБјала Рада поробиха.\nВрзаха и бјало лице\nБјало лице с бјала в'ла\nЧерни очи с черна в'ла,\nТуриха ја во кочија,\nГлавиха и (Турчин) коџиџија\nДа кара Ради кочија.\nВрваха мало и млого,\nОтидоха крај морето,\nМоренки хоро играјат.\nРада на Турчин говори:\n„Турчине, коџиџие ле!\nОтвржи ми бјало лице\nБјало лице с бјала в'ла,\nЧерни очи с черна в'ла,\nДа погледам горе долу,\nГоре долу по хорото\nПо хорото, по момите,\nДано вида от мојата\nОт мојата мила рода.”\nКоџиџија отговарја:\n„Ти штеш, Радо, да си видиш,\nТвојата, Радо, клета рода,\nКога роди врба грозде,\nА ракита ж'лти дјули.”\nИ Рада му отговарја:\n„Коџиџија, брат да ми си,\nЈа подај ми влашко ноже,\nДа разрежа таја јаб'лка,\nУстата да си раскваса,”\nКоџиџија и подаде\nИ подаде влашко ноже;\nПрободе са бјала Рада\nПрободе са в клето срце.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 224, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4046", "title": "Зборник на Миладиновци/ Секулов гроб", "text": "Поминале млади кираџии,\nПоминале крај порти Секулој.\nИ опитвит Секулоа мајка:\n„Ај ви вие млади кираџии!\nАљ минафте река чемерлиа\nАљ минафте крај више К'пина,\nАљ видофте гроба Секулоа!”\n„Ајти тебе Секулоа мајка!\nСи минафме река чемерлиа,\nИ минафме крај више К'пина,\nЈа видофме гроба Секулоа,\nА на глава крстетна бајрака,\nНа бајрака дванаесет крсти,\nА на крсти камни безценети.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B2_%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B1", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4032", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ѓуро", "text": "Два са змеја во планина бијат,\nДо две реки черни крви течат;\nИ крајот е до черна темница,\nВо темница Ѓуро добар јунак,\nВ р'це држи пиле соколово,\nПрсти крши сив сокола храни,\nС'лзи рони сив сокола пои,\nИ ми дума Ѓуро добар јунак:\n„Ој та тебе пиле соколово!\nНе та рана гољам да порастеш,\nНо та рана дома да та прата;\nТа да видеш моите дворове,\nЗапустели, со пелин обрасли.”\nОтговарја пиле соколово:\n„Сношти минах крај твоите двори,\nНа сред двори едно сухо дрво,\nНа дрвото до три кукавици.\nПрва кука ми е онемјала,\nВтора кука ми е присипнала,\nТретја кука и ми погледва.”\nОтговарја Ѓуро добар јунак:\n„Дето кука, та е онемјала,\nТаја ми е мојта стара мајка,\nДето кука ми е присипнала,\nТја ми е мојата мила сестра,\nДето кука и ми погледва,\nТо ми е моето прво либе.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%83%D1%83%D1%80%D0%BE", "word_count": 144, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4049", "title": "Зборник на Миладиновци/ Драгана и цар", "text": "Мома Драгано, Драгано!\nЦарју вран коњ утек'л,\nСлед него текат, Драгано,\nДо двесте триста сеизе,\nНе можле да го уловат,\nДур не изљала Драгана,\nИзнесла бисер на бљудо\nТа па на Турски помами:\n„Гел, гел бери, добра коња,\nДе ми си сега да додеш,\nНа бљудо бисер да зобаш.”\nИ ка ја зачу добар коњ,\nТој при Драгана отиде.\nТа го Драгана фан'ла,\nСама го царју завела.\nИ цар Драгани говори:\n„Моме Драгано, Драгано!\nТа што ли да ти харижа?\nДали от бели грошове,\nИли от ж'лти ж'лтици?”\nА Драгана му говрои:\n„Ништо ти нешта, царју ле,\nНа Искар водениците,\nНа Дунав теповиците.”\nЦар си Драгани говори:\n„Нема ми искаш, Драгано,\nЧто е от башта (ми) останало?”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D1%86%D0%B0%D1%80", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4030", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и чифутче", "text": "Обзаложи сја млад Стојан\nСо Чифутче, с друга вјара,\nЧе има булче хубаво\nИ има конче хранено,\nЗа ден во Стамбол утива,\nИ пак си назад доходе.\nЧифутче дума Стојану:\n„Стојане, холан Стојане!\nАко ли идиш и додиш,\nХалал да ти са дуќани\nЗаедно с дуќанџичета;\nАко ли идиш, не додиш,\nШта ти отзема, Стојане\nХубава булка чимширка\nС убаво конче хранено.\nСтојан си у тјах отиде\nИ на Маријка думаше:\n„Маријке, булче хубаво!\nСтани ми, конче извади,\nС ројно го вино напои,\nСо бел го ориз назоби,\nЗере сја облог обложих\nСо Чифутче, друга вјара,\nЧи имам булче хубаво,\nХубаво конче хранено,\nЗа ден во Стамбол утива\nИ пак си назад дохожда.”\nТоги сја Стојан в'скачи\nНа това конче хранено,\nOт в'н вратника излјазва;\nСрештба го срештна Чифутка,\nЧи му ракија подади.\nТо не ми било ракија,\nТоку ми било магие.\nСтојан на кончи задрјама;\nС'лнцето трепти да зајди,\nСтојан во село замркна.\nКончи Стојану думаше:\n„Знаеш, Стојане, повниш ли,\nК'ту от вратник излезе,\nСрештба та срештна Чифутка\nЧифутка клета Еврејка,\nЧе ти ракија подади?\nТо не ми било ракија,\nТоку ми било магие.\nСтојане, холам Стојане!\nБркни си в златни џопови,\nИзвади крпа долбенка,\nЧи си очите приврзи,\nЧи шта ја силно да бјагам;\nПланините шта убора,\nКам'ните прах шта стора.”\nПа си Стојан в Стамбол\nстигна,\nИ назад си сја поврна.\nЧифутче под дјуќан стоеше\nДребни с'лѕи ронеше.\nЧифутче дума Стојану:\n„Халал да ти са моити\nМоите седем дјуќани\nЗаједно с дјуќанџичета.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D1%87%D0%B8%D1%84%D1%83%D1%82%D1%87%D0%B5", "word_count": 251, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4034", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Турчин", "text": "Обложил сја е млад Стојан\nСос Турчина презморчина,\nСтојан да пие ракија,\nА Турчин червено вино;\nАко сја Стојан опие,\nТурчин от Стојан да земе\nКалинка прво венчило;\nАко сја Турчин опие,\nСтојан от Турчин да земе\nЧерното конче Арапско.\nСлуга им била Калинка,\nСтојану чаша отлива,\nТурчин зад рамо излива,\nДо де си заспа млад Стојан.\nТурчин Калинка думаше:\n„Хајде, Калинке, да врвим,\nБлизо до море да станем!”\nА Стојанова мајчица\nПо дворовете ходеше,\nСтојана љуто к'лнеше;\n„Бог ми тја убил, Стоене,\nУбил тја господ, поразил!\nТи сега с'н с'нуваш,\nТурчин Калинка отведе.”\nК'де е зачул млад Стојан,\nСитни си сл'зи порони,\nИ на мајка си думаше:\n„Ја ми кончето отседли,\nИ ми сабљата окачи.”\nТа си на конче думаше:\n„Коњче ле, викробојче ле!\nАко си Турчин достигнеш,\nКалинка да си зема,\nГлавата шта ти посребра.”\nПа си коњчето в'седна,\nИ в п'т като врвеше.\nСвирката свири говори:\n„Постој, почакај Турчине,\nДвамата да с' поборим,\nИ двама да с' поколим,\nАко ти мене заколиш,\nПроста да ти е Калинка\nКалинка прво венчило,\nКалинка хитра гидија,\nИ па на Турчин думаше:\n„Ја си кончето повсправи.”\nСтојан си при тјах достигна,\nКалинка от коња слезе;\nСтојан си Турчин не гледа", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD", "word_count": 206, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4048", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Димана", "text": "Имала мајќа, имала\nЕдного сина Стојана,\nКришом го мajќa родила,\nПокришом го е гледала,\nС пресно го мљако к'пала,\nС сметана го е мазала,\nС смокини го е хранила.\nГледа го и отгледа го,\nЧуди сја, мае мајќа му.\nНа что ли Стојан да даде,\nНа какав лесен занајат,\nДа му е лека работа,\nДа му е ск'па цената;\nДаде го младо златарче,\nУчи сја и научи сја,\nИзлеја злата б'клица.\nИзрасте Стојан, порасте,\nДа иска да сја годјава.\nЗаиска мома Димана;\nИскат ја, и дале му ја.\nОт ка ја Стојан погоди,\nТој си сја болен поболи,\nТа лежа Стојан три години.\nВсичко сја село преврви,\nМлад Стојан да си споходат;\nМома Димана не дојде,\nМлад Стојан да си споходи.\nМајќа Стојану думаше:\n„Синко Стоене, Стоене!\nСе что ли, синко, да чиним,\nКато Димана не доде?\nЗагради в село черкова,\nТа си ја внатре позлати,\nИз в'нка си ја посребри,\nСичко ште село да врви,\nЧеркова сеир да гледа;\nТа и Димана ште доде,\nЧеркова сеир да гледа.\nТи викај млади попове,\nС Дамана да ви венчејат.”\nПослушал бе ја млад Стојан,\nЗагради в село черкова,\nТа си ја вн'тре позлати,\nИз в'нка си ја посребри.\nСичко сја село преврви,\nЧеркова сеир да гледа,\nИ најпокон ми идеше\nИдеше мома Димана.\nКа си ја виде млад Стојан,\nОтвори злати черкови,\nТа влезе мома Димана;\nПа вика млади попове,\nТа ги с Димана венчаха.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 240, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4027", "title": "Зборник на Миладиновци/ 115 песна", "text": "Прочуло сја е љута змија,\nЉута змија осојница\nСо три глави, с три опашки\nНа царовите друмове,\nТа воспрја на царја хазна,\nТа не може да му мине,\nЦар сја чуди, цар сја мае,\nШто да стори љута змија,\nПрочуле сја три делие\nТри делие в ново село,\nЕдина е дели Петар\nВториа е дели Марко,\nТретиа е мало дете\nМало дете баш Гроица,\nЦар честити отговарја:\n„Ја викајте три делие,\nДа утрепат љута змија!”\nПа отиде дели Петар,\nВ друми врви, песен пее:\n„Де си, да си, љута змија,\nЈа си излјаз на друмове!”\nИ излезе љута змија,\n152\nПретегна му на кон нозе,\nПа си вдигна втора глава,\nТа му врза бели р'це;\nПа си вдигна третја глава,\nДа му пие черни очи.\nУплаши сја дели Петар,\nБутна коња та назади.\nСрешта иде дели Марко,\nВ срешта иде, песен пее,\nДели Петар отговарја:\n„Ја врни сја, дели Марко!\nНе губи сја таја змија\nТаја змија, таја сила.”\nОтмина го дели Марко,\nПа си викна и провикна:\n„Де си, да си, љута змија,\nЈа си излјаз на друмове!”\nИзљала бе љута змија,\nПа си вдигна една глава,\nТа му врза бели р'це;\nПа си вдигна втора глава,\nПа претегна на кон нозе;\nПа си вдигна третја глава,\nДа му пие клето срце.\nУплаши сја дели Марко,\nТа сја назади поврна.\nСрешта иде мало дете,\nМало дете баш Гроица,\nСо коња татан(?) бие.\nДели Марко отговарја:\n„Ја врни сја, мало дете,\nНе можјах да ја утрепа,\nДа утрепа љута змија!”\nОтмина го мало дете,\nПа си викна и провикна:\n„Де си, да си, љута змија,\nЈа си излјаз на друмове!”\nИзљала бе љута змија,\nКа си виде мало дете,\nПа cи вдигна една глава,\nПретегна му на кон нозе.\nПа си вдигна втора глава,\nПретегна му половина;\nПа си вдигна третја глава\nПа му врза бели р'це.\nПровикна с' мало дете:\n„Ја чуј ма боже, ја вижд ма,\nОслаби десна рачица,\nДа извада остра сабја.\nПа извади остра сабја,\nТа погуби љута змија,\nПа си узе до три глави,\nЗанесе ги на царјови\nНа царјови равни дворове.\nИ цар си им оттоварја:\n„Ој та Грујо, мало дете,\nПросто тебе столнината,\nАз да стана, ти да седнеш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_115_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 369, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4047", "title": "Зборник на Миладиновци/ Милка Котленка и Петар Трговец", "text": "Похвалила (бе) са Милкина мajќa:\n„Ниде ни нема хубава Милка,\nНи в Цариграда, ни в Дрјанополе,\nС'де е има в града Котлена.”\nКа е бе зачул Петар трговец,\nА тој си прегна брза талига,\nТа си накупи сјакакво купе\nСјакакво купе хримис коприна,\nИ сухо злато и сухо сребро;\nТа па отиде вов град Котлена,\nТа па си викна, та с' провикна:\n„Врвете моми, врвете жени,\nТа купувајте сјакакво купе,\nСјакакво купе хримис коприна,\nИ сухо злато и сухо сребро!”\nНајназат иде Милка Котленка:\nДве робини и друми метеха,\nЕдна робина поли држеше;\nТа па си Петру тихом говори:\n„Хој Петре, Петре, Петре трговче!\nЈа ми провери сјакакво купе!”\nПетар на Милка тихом говори:\n„Ела си влезни в брза талига,\nТа си провери кое ти драго.”\nНе сетила са Милка Котленка,\nИ ми си флезна в брза талига.\nПетар си бутна брза атове,\nТа си побјагна с убава Милка.\nСлед Милка тече Милкина мајќа,\nСе теком тече и виком вика:\n„Олеле варај д'штерко Милка!\nАко ми б'деш клета робина,\nА ти ми прати черна марама,\nЗа тебе мајка черно да носи,\nАко ми б'деш бјала Гркиња,\nА ти ми прати бјала марама,\nЗа тебе мајќа бјало да носи.”\n„Назат са врни Милкина мале,\nНе ти е Милка клета робиња,\nНа ти е Милка бјала Гркиња”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B0_%D0%9A%D0%BE%D1%82%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%A2%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%86", "word_count": 219, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4045", "title": "Зборник на Миладиновци/ Димни Марко и Турчин Војвода", "text": "Излегол је Димни Марко,\nШедба да ми се прошетат,\nС прва љубов Ангелина\nНиз таја гора зелена,\nНиз таја Перин планина.\nТам дека се шедба шеташе.\nТешка го дремка фанала,\nТешка дремка на очите,\nТешка т'га на срцето.\nТогај веле н' Ангелина:\n„Ангелино, прва љубов,\nСлушај теби што ке речам!\nТешко ме дремка фанала,\nТешка дремка на очите,\nТешка т'га на срцето.\nДа ми викниш една песна\nРечовита, гласовита,\nГласовита в сино небе,\nРечовита по с' земја,\nМене дремка да помини,\nТешка т'га да размини.”\nОна веле и говоре;\n,,Варај Марко стопанине!\nТува песна не се пее,\nТува си је лошо место;\nТук шета Турчин Војвода\nСос триста души сејмени,\nМоиот први душманин”,\nТогај веле Димни Марко;\n„Ангелино, прва љубов!\nНим се грижи ти за мене,\nИзвикни си, запеи си!”\nИ она го послушала,\nИзвикнала една песна\nРечовита, гласовита;\nГласовита в сино небо,\nРечовита по с' земја,\nНељ си дочул Војводата;\nТогај веле на дружина:\n„Гласови се Ангелини!”\nТа станаха, се свалиха,\nСе свалиха од гората,\nПа фатиха Димни Марка,\nВо железо г' оковаха,\nИскараха остра сабја,\nДа му сечат руса глава.\nТогај веле Ангелина\nАнгелина црноока:\n„Варај, варај ти Војводо,\nМои први ти љубене!\nТи се мољам, да ми дадеш\nДа ми дадеш остра сабја,\nДа погубам сама него,\nДа му сечам руса глава.”\nИзл'же се Војводата,\nИ даде и остра сабја.\nТа намахна и пресече\nДребен синџир од р'цето,\nПа му даде остра сабја.\nКа си стана Димни Марко.\nСе разврте лево десно,\nСи пресече сејмените;\nОстанал сам Војводата.\nГо фатифа, му одсечеха\nБели р'це од лактите,\nБели ноѕе од колена,\nМу извртеха црни очи,\nГ' оставиха на бели чемши.\nКој од тамо ми помине,\nЗа бога нему да даде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD_%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 288, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4028", "title": "Зборник на Миладиновци/ Брат и сестра", "text": "Кога беше плен по земја,\nЈанкула го попление,\nГ' однесоа горна земја,\nК'де с'нце угревјаше.\nЈаника ја попление,\nЈе однесоа долна земја,\nК'де с'нце заодвеше.\nНивна мајка останала\nМеѓу тоа црно море.\nИ ми расле, ми порасле,\nЈанкула се учинило\nДобар јунак за женење,\nА Јаника се сторила,\nДобра мома за м'жење;\nЈанкула си јавна коња,\nДа си шетат задин земја,\nДа ми бараат уб'а не'ста,\nНе'ста лика спроти себе.\nОт ке с'нце угревјаше,\nНигде мома не ареса,\nНи некоа м'шка жена,\nНи некое вдо'ичиште.\nТуку ми појде Јанкула\nК'де с'нце заодвеше,\nНајде Јаника девојка;\nЈа посврши и ја зеде.\nСтојала девет месеци,\nПостигнала м'шко дете\nДете како љута змиа,\nНикако се не оп'лтвит\nНи с лељање, ни с држење,\nГовореше неестата:\n„А Јанкула господине!\nЈа излези на нов пазар,\nМеѓу тоа црно море,\nТа купи си робинчица,\nДа ми лељат м'шко дете.”\nТога ми појде Јанкула,\nКупи стара робинчица,\nЈа донесе во одаа,\nЈе дадое м'шко дете.\nС нога лељат робинчица\nС нога лељат, с уста пеит:\n„Нани, нани мое мнуче,\nМнуче от сина, от ќерка!”\nМнуче велит, с'лдзи ронит.\nНачас дете ми заспало,\nНа час ми се оп'лтило.\nЈаника се зачудила,\nИ излезе на свој порти,\nГо пречека господина,\nМу прикажвит и му велит:\n„А Јанкула, господине!\nНатера ја робинчица,\nДа попеит на детево,\nНачас дете ни заспало.”\nИ Јанкула си велеше:\n„А егиди робинчице!\nЗалељај го м'шко дете\nЗалељај го и запеи,\nКак' преѓе што си пеала.”\nТа залеља м'шко дете:\n„Нани, нани, мое мнуче,\nМнуче от сина, от ќерка!”\nМнуче велит, с'лѕи ронит.\n„А егиди стара робинчице!\nЗашто таква песма пеиш?\nК'д' сме нашле брат и сестра?”\nТога велит робинчица:\n„Аљ знаиш, Јанко, паметвиш,\nКога беше плен по земја,\nЈанкула го попление.\nГ' однесое горна земја,\nК'де с'нце ми угревјат;\nЈаника је попление,\nЈе однесое долна земја,\nК'де с'нце ми заодвит;\nВаша мајка останала\nМеѓу тоа црно море.\nЈанкула си јавна коња,\nКак' израсте и порасте,\nДа ми шетат задин земја,\nК'де с'нце заодвеше\nНаиде Јаника девојка,\nЈа посврши и ја зеде;\nМ'шко дете си добиле,\nМе купие робинчица,\nДа им леља м'шко дете.”\nТога си се разпознае,\nИ милно се прегрнае.\nИ Јанкула си опитвиш\nНејдзината мила мајка:\n„Што чиниме м'шко дете?\n„Зејте си остри секири,\nНаберете суви дрва,\nЗавалете силен оган,\nТа глаа пресечете му,\nИ трупот изгорите му.”\nТака му сторие нему.\nА Јанкула мило брате,\nОстаи своја невеста,\nИ ја стори мила сестра.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D1%80%D0%B0%D1%82_%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0", "word_count": 433, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4050", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан (2)", "text": "„Стоене, синко, Стоене!\nКато с сл'нцето живуваш,\nЈа си попитај сл'нчице. –\nСл'нчице јасно, сл'нчице,\nКато ти греиш по си свјат\nПо си свјат, по си вилејат,\nНе видја ли, јасно сл'нце,\nМојата лика прилика!”\nПослуша Стајан мајка си,\nТа си при сл,нце отиде,\nПа на сл'нцето говори:\nÂНе видја ли ми, сл'нчице,\nМојата лика прилика?”\nСл'нце Стојану думаше:\n„Маре Стоене, Стоене!\nА с'м ти видјал прилика,\nАла ти е тврде далеко,\nПрез Дунав дури во Влашко;\nАла е младо годено,\nВ недеља му e свадбата.\nАко са, Стоене, наемаш,\nЗа ден да идеш, да додеш,\nТи штеш Рада да си земеш.”\nСтојан си дома отиде,\nСи стегна коња ранена,\nТури си нога в зенгија,\nДо де другата да тури,\nТри си планини премина.\nИ бјал Дунав си преплива,\nПа во Влашко си отиде.\nЗавари свадба на двори,\nПа на девери говори:\n„Девери, пера жерави,\nЈа доведете невјаста,\nТа р'ка да ми целува!\nЧе казуваше мајка и,\nЧе сме си стара роднина.”\nПослушали го девери,\nПа изведоха невјаста,\nДесна му р'ка цалува,\nС љава си бркна в џепове,\nИзвади ж'лти ж'лтици,\nТешка си свадба засипа,\nЗалисаха са девери,\nЗели да берат ж'лтици.\nИ тој ја фана за р'ка,\nТа на коња си ја качи,\nТа си бјал Дунав преплува.\nРада на Стојан говори:\n„Маре, Стоене, Стоене!\nСвали, ма либе, от коња,\nОчите да си омија,\nШто с'м за мајка плакала,\nИ за мајчина роднина.”\nСтојан си Ради говори!\n„Кога си идем кај село,\nТам има чешма шарена\nВов зелените ливади,\nТа шта там свали от коња,\nОчите да си омиеш\nДа не ми рече мајка ми –\nЗа лудо ходи на Влашко,\nПак ти је грозна невјаста.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%282%29", "word_count": 292, "cyrillic": 0.997}
{"id": "4053", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко и Груица Новогов", "text": "Орач ора младоно ратајче,\nОрач ора јадна песма пеит;\n„Леле боже, леле мили боже!\nКе се чуло и ке се видело,\nДа се грабит со се м'шко дете,\nДа се грабит со се м'шко дете,\nМу сторие големи намузлак!\nМарко беше в гора на лоење,\nИ го дочу младоно ратајче,\nК'де пеит таа јадна песма,\nИ му рече Марко Кралевиќе:\n„Ти се мољам дете да ми кажиш,\nЕл' си чуло, ели си видело,\nКој му грабнал Маркоа нееста?”\nТога рече младоно ратајче:\n„Ајти тебе незнаено дељо!\nМу ја грабнал Груица Новогов.”\nНе си појде Марко назот дома,\nТуку шетат низ гора зелена;\nСи го најде в она Димна гора,\nК'де бегат Груица детенце,\nК'де бегат с Маркоа нееста.\nИ му рече Марко Кралевиќе:\n„Чекај, чекај, Груице Детенце,\nК'де вака коња си потерал?\nАли одиш у баба на гости?\nАј дружина да си се чиниме,\nОбајца п'т да си тргаме.”\nКолку ми се Груица застоа,\nМу се прибра Марко Кралевике,\nИ со лекум сабја му ја пушти,\nМу ја пушти сабја и му рече:\n„А егиди Груица Детенце!\nОвде било место мошне рамно,\nАјде коњи да си разиграме!”\nКолку коњи си и разиграле,\nЈунак падна, два трупа се стори.\nГо распара Марко Кралевике,\nДа му видит во негоо срце,\nШто ке имат дете јунаштина,\nСе сторило голема чудеса,\nДа му грабит Маркоа нееста!\nШто да видит чудо и големо!\nШто имаше дванадесет срца,\nСите срца биле позаспани,\nС'де едно беше разбудено;\nСрца зеде јунак го остаи.\nКога појде на ладна меана,\nТамо најде седумдесет кралеј\nИ извади дванаесет срца:\n„Видете Маркоа јунаштина!”\nМу рекое седумдесет кралеј:\n„Бог те убил, Марко Кралевике!\nТова не је твоја јунаштина,\nТуку ми је твоја ѓаолштина;\nГ' изкараа, Марко си побегна.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%93%D1%80%D1%83%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2", "word_count": 293, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4055", "title": "Зборник на Миладиновци/ Сабја", "text": "Личба личет три млади тељали,\nЛичба личет низ више Стамбола,\nПродавеет една остра сабја;\nСк'па цена за сабја сакает,\nМи сакает девет стотин дукад,\nЗа тељали уште деведесет.\nМи дочула Ѓурѓа Самовила,\nИ си зеде сурего Елена,\nСи го зеде за коња брзего,\nУ зенгии до две љути змии,\nЖ'лта смока за камџик ја зеде.\nНегде годе елем удураше,\nTpи саати пред ветар бегаше,\nТук да фтасат во града Прилепа,\nДа му кажит Маркое Кралевиќе;\nИ му каза ноќе на полноќе.\nСтанал Марко на нога јуначка,\nИ си зеде своја брза коња,\nИ си зеде ж'лтине дукади,\nСи ја зеде Ѓурѓа Самовила,\nДури ми се зора обзорила,\nМи појдое во града Стамбола,\nМи купие она остра сабја,\nШто се диплит дванаесет дипли,\nШто се носит во бела пазуа,\nШто ми сечит древја и камења,\nИ на ручег назод се вратие,\nИ дојдое во града Прилепа,\nУште толку крчма ми испие,\nПријатели, верни побратими.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B0%D0%B1%D1%98%D0%B0", "word_count": 156, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4051", "title": "Зборник на Миладиновци/ Дена и војвода", "text": "Прочуле са Кржалие,\nДено хубава невјасто!\nПрочуле са, и дошле са\nДа си са зговор зговорат.\nВ кое село да идеме.\nОтговарја Војводата:\n„Кржалие, баш делие!\nАј идете, да идеме\nДа идеме вов пазара,\nДа запалим чаршијата,\nЧаршијата саратчиска\nСаратчиска, кафтанџиска,\nДа излезат сараџие,\nДа изгасат чаршијата,\nДа но фаним неиде њакој.”\nПослушаха Кржалие\nОтидоха во пазара,\nТа купиха три товара\nТри товара ситен барут\nСитен барут и зли коршум,\nИ четири небит памук;\nЗапалиха чаршијата;\nНе излези ниде никој,\nНе фанаха ниде ништо.\nМајка Дени отговарја:\n„Стани Дена, стани чедо,\nТа затвори чимшир порти,\nЧе штат изља мали крави,\nIПтат изведат дребни телци.\nПослушала (е) мала Дена,\nТа затвори чимшир порти.\nВидјаха ја, фан'ха ја,\nЗавели ја по гор'та,\nВодиха ја три недели,\nВојводата дење ходи,\nДење ходи Дена води;\nНоште лежи, Дена чува,\nИ на Дена пак си дума:\n„Кажи Дено, кажи чедо,\nКато си толкос хубава,\nВ градина ли си никн'ла,\nИли от бога падн'ла?”\nИ Дена му отговарја:\n„Воеводо, брат да ми си!\nНе с'м от бога паднала,\nНито в градина никнала,\nИ мене мајка родила,\nИ мене като и тебе.”\nВојводата Дена пита:\n„Имаш ли нејде њакога,\nЈа мајчица, ја баштица,\nЈа мил братец, ја сестрица?”\nА Дена му отговарја:\n„Само имам един братец,\nИ тој ходи с Кржалије.”\nВојводата Дени кажи:\n„Кажи Дено, кажи чедо,\nМош ли позна мила брата?”\nИ Дена му отговарја:\n„Да го вида позна шта го;\nКога беше вов гората,\nТа падн'ло силно дрво,\nСторило му силен белек.”\nПровикна са Војводата,\nЗбирајте са Кржалие,\nСјадајте редом по редом,\nСваљајте самур калпаци,\nДа ви гледа мома Дена.”\nПослушаха Кржалие,\nСеднаха редом по редом,\nСвалиха самур калпаци,\nГледала ги мома Дена,\nНе познала мила брата.\nРет е дошло до Војвода,\nИ тој свали самур калпак.\nВидјала го мома Дена,\nВидјала го, познала го.\nЖиви с' са прегрнале,\nМртви си сја разделиле.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 315, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4052", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко и дете дукадинче", "text": "Седнал Марко с мајка да вечерат,\nНад него је ѕвезда Вечерница,\nИ је ворит Марко Кралевике:\n„А егиди ѕвездо Вечерницо!\nТи ми стоиш мошне на високо;\nТебе нешто ја ке те опитам,\nТи се мољам прао да ми кажиш;\nАли негде имаш догледано\nДа се најдит појунак от мене?”\nИ му зборвит ѕвезда Вечерница:\n„Ајти Тебе Марко Кралевике!\nАко сакаш право да ти кажам,\nДа си зеиш твоја брза коња,\nТа да појдиш земја Дукадинска,\nТамо имаш дете Дукадинче,\nДете имаш до седум години,\nСедум п'ти појунак от тебе.”\nТога Марко ми се насмеало.\nТога велит негва стара мајка:\n„Што се смеиш, мои мили синко!\nАљ се смеиш со мојата старост,\nАљ се смеиш со твоја нееста,\nАљ се смеиш со твоето дете?”\nТога велит Марко Кралевике:\n„Не гибај ме, мајко, што се смеам,\nП'т си имам сега јас да одам;\nЈа ке одам земја Дукадинска;\nТук' извади моја брза коња.”\nТога јавна негва брза коња;\nПрви петли дури пропеали,\nЦрно море Марко го препливал,\nДури ми се зора обзорила,\nМи излезе крај бели друмои.\nТамо најде три млади орачи,\nИ им рече Марко Кралевике:\n„Добро утро, три млади орачи!\nКе в' опитам, да не ме мамите.\nК'де седит дете Дукадинче,\nШто ми било от седум години?”\nМу рекоа три млади орачи:\n„Ај ти тебе незнаена дељо!\nСами му се куки познавает,\nСтреи му се бисер поднизани,\nА бедени от ж'лта дукада,\nВити порти му се челикои,\nА диреѕи му се мраморлии.”\nПојде Марко на негои порти,\nЕднош кљуквит, а два п'ти виквит:\n„А излези дете Дукадинче!\nДа те вида ти што дете ми си,\nДа ти видам твоја јунаштина!”\nМи излезе дете Дукадинче,\nИ му рече дете Дукадинче:\n„Ајти тебе незнаена дељо!\nАдет немам во нашава земја,\nПријатели на п'т да пречеква;\nТуку ела дома да седниме,\nДа јадиме, малу да пиеме,\nОту после да се обидиме.”\nМи отиде Марко Кралевике.\nЈале, пиле три дни и три ноќе;\nСи станае на четвортиот ден,\nОтидое в она рамно поле.\nТога рече Марко Кралевике:\n„Ајде сега камен да фарљаме,\nДа видиме наша јунаштина,\nКој ке бидит јунак над јунака.”\n3еде Марко камен да си фрљат,\nМалу камен што ми потфрлило,\nГо фрлило токму три саати;\nГо барае камен го најдое.\nСи подфрли дете Дукадинче,\nМалу камен што ми подфрлило,\nГо барае три дни и три ноќе,\nНигде камен не си го најдое.\nСе наљути Марко Кралевике,\nИ му рече на дете малоо:\n„Ајде сега да се обидиме\nС остри сабји, со брзего коња.”\nСе измами дете Дукадинче,\nИ си зеде своја брза коња;\nКолку фати коња да подиграт,\nМу се спушти Марко Кралевике,\nГо пресече преку полоина.\nУште дете не ми је узнало,\nИ ми рече дете Дукадинче:\n„Ајти тебе, незнаена дељо!\nНешто мене срце ме набољвит.”\nИ му рече Марко Кралевике:\n„А егиди дете малечкоо!\nКога сум бил како тебе дете,\nМногу п'ти срце ме болило,\nМали деца така болит срце;\nТук стегни си твоја брза коња,\nТа да си се едногп обидиме,\nКолку дете коња си постегна,\nСе разљути коња, се разигра;\nДете падна, два трупа се стори;\nИ се спушти Марко Кралевике,\nМу ја зеде негва добра глаа,\nСи отиде при седум кралеи;\nИм ја каза глаа от детето,\nЗашт' имаше многу јунаштина,\nСедум п'ти појунак от Марка.\nМу рекое седумте кралеи:\n„Бог те убил, Марко Кралевике!\nШто кајдиса н' ова лудо дете!\nИ гробнина да ти се незнаит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%B4%D1%83%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%87%D0%B5", "word_count": 569, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4054", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мурат-бег и Мариа", "text": "Запросило Беџе Мурат-беџе,\nПопросило кир бела Мариа.\nТој ја просит таа го неземат.\nЈе просило три години дана,\nИ је пушти Беџе Мурат-веџе\nБела книга, црна написана:\n,,Потурчи се кир бела Марио!\nЈа не можам две вери да вервам.”\nСе уплаши кир бела Мариа,\nТа си влезе в темни коњушници,\nСи отседла своја брза коња,\nКоња јавна ноќе на полноке,\nТа отиде во града Прилепа,\nВо Прилепа на Маркои Порти.\nЕднаш кљуквит, а два п'ти виквит:\nЈа излези, Марко Кралевике!\nЈа излези, мои мили вујко!”\nИ излезе Марко Кралевике,\nИ излезе на свои вити порти;\nШто да видит чудо и големо!\n„А егиди кир бела Марио!\nШто те нужба тебе дотерало,\nДа ми идеш ноќе на полноќе?” –\n„Ајти вујко, Марко Кралевике!\nЕво имат три години дана,\nКе ме просит Беџе Мурат-беџе,\nТој ме просит, та ја гo не зеам;\nАма сега бог ми го убило,\nБог го убил, бог да го убиет!\nШто ми писал една бела книга,\nБела книга црна написана: -\nПотурчи се, кир бела Марио\nЈа не можа, две вери да вервам.”\nГовореше Марко Кралевике:\nА егиди кир бела Марио!\nА Марио, моја мила мнуко!\nАљ тоа тебе брига нашло?\nПосакај му ск'па венчанина,;\nВенчанина три бели градои;\nПосакај му три руди планиње,\nТри планиње со се руди овци,\nС руди овци, со млади овчари.”\nА Мариа си послуша вујка,\nДупна коња и назод се врати;\nТа си зеде една бела книга,\nБела книга црно му ја пишвит:\n„А егиди Беџе Мурат-беџе!\nЈа те земам, ама тебе сакам\nВенчанина три бела градои,\nЈа ти сакам три руди планини,\nТри планини со се руди овци,\nС руди овци, со млади овчари.”\nКога виде Беџе Мурат-беџе\nБела книга црно написана:\n„Бог те убил, кир бела Марио,\nКој те учи, кој ми те научи!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82-%D0%B1%D0%B5%D0%B3_%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B0", "word_count": 300, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4057", "title": "Зборник на Миладиновци/ Немечка кралица и Марко", "text": "Книга пишит Немечка Кралица,\nЕле пишит кому ке ја пратит?\nКе ја пратит Марко је Кралевике,\nКе ја пратит книга по гаврана.\nТога гавран је се отгоорвит;\n,,А егиди Немечка Кралице!\nЈас Марка не си го познаам,\nДа го видам, книга да му даам.”\nТога велит Немечка кралица:\n„Ти да појдиш в Орицка наиа,\nДа го бараш Марка по меани,\nПо здравица ти ке го познаиш.”\nГавран дојде Орицка наиа,\nСи го најде Марка по меани,\nПо здравица Марка го разбрала,\nМу ја фрли книга на скутеи.\nИ си зеде Марко бела книга,\nКнига пеит дробни с'лѕи ронит;\nШто да видит чудо и големо!\nШто пуштила Немечка Кралица:\n„Аљ си живо, Марко, али умре,\nШто не згази во нашава земја;\nЕво имат триесет години,\nПопаднале црни Арапини,\nНе можиме свадба да сториме,\nЈунаците сите остареа.”\nДевојките сите остареа.\nТога велит Марко Кралевике:\n„А егиди мој верни дружини!\nАљ идете сега да оиме,\nДа одиме во Немечка земја,\nД' исечиме црнине Арапи,\nОт' имало триесет години,\nКако свадба тамо не сториле.”\nСи станае от ладна меана\nСи зедое Секула Детенце,\nЗашто беше лично и малоо,\nСекула го нееста сторие,\nОтидое до Немечка земја.\nСе спуштиа црнине Арапи,\nДа им грабет убаа нееста.\nНеестата тие им дадое;\nСе собрае многу калабалок,\nОтидое нееста да барет,\nДа барает ке им ја однесое,\nОтидое тие на ненадеш,\nИ фатие тога да и колет;\nДо колена крва направие\nИсекое црните Арапи,\nБарем еден не си остаие.\nГо зедое Секула Детенце,\nОтидое назод при кралица.\nШто им даде голема пештежа,\nШто им даде девет кули азно,\nИ и држа токму три месеци,\nДа јадеет тие да пијеет.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE", "word_count": 272, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4056", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко и Мурат-бег", "text": "Личба личит цара Мурат-бега,\nКој је Турчин вино да не пиет,\nА каурин зелено да не носит.\nСите ми го цара послушале,\nНе послуша Марко Кралевике;\nТук ми носит зелeна долама,\nИ со сила Турци натерало,\nДа пијет вино во рамазан.\nМи дочула цара Мурат-бега,\nШто ми кладе три млади тељали.\nЛичба личит низ града Стамбола:\n„Кој је јунак от јунака роден,\nДа го фатит Марка Кралевике,\nКе му даам голема пештежа:\nСкопје града по крај тиок Вардар,\nИ едрење широки калдарми.”\nНикој ми се јунак не најмило,\nДа го фатит Марка Кралевике,\nНајмала се црна Арапина,\nДа го фатит Марка Кралевике,\nАли Марка живо да донесит,\nАли Марка, али Маркоа глаа.\nИ си јавна на коња брзего,\nИ ми шетат низ града Стамбола,\nМи затерал Грци, Армении,\nДа го барат Марко Кралевике.\nМарко седит на ладна меана,\nЈадит, пиет, баре гајле немат.\nМи дочуло голема потера,\nИ си стана на нога јуначка,\nСи го најде црна Арапина!\nТога рече Марко Кралевике:\n„А егиди црна Арапина.\nШто је ова голема потера?\nАљ нешто сакаш, аљ некого бараш?”\nИ му рече црна Арапина;\n„Јас го барам Марко Кралевиќе,\nА.ли него живо да го фатам,\nАљ негоа глаа да му земам.\nТога велит Марко Кралевике:\n„Бог те убил, црна Арапино!\nС Марка зборвиш, Марка не познааш!”\nТргна сабја му пресече глаа,\nИ му зеде негоата коња,\nМи отиде у цара Мурат-бега,\nИ му рече Марко Кралевике;\n„А егиди цара Мурат-бега!\nЧија глаа ти ми ја бараше,\nАљ Маркоа, аљ от Арапина?”\nТога рече цара Мурат-бега:\n„Ајти тебе Марко Кралевике!\nКак си чинил, Марко пак да чиниш,\nНикој тебе да не запират.”\nИ му даде голема пештежа:\nСкопје града по крај тиок Вардар,\nА Едрене широки сокаци.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%9C%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82-%D0%B1%D0%B5%D0%B3", "word_count": 290, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4033", "title": "Зборник на Миладиновци/ Момчула војвода", "text": "Коња коит Момчула Војвода,\nНа вечер ми коња потковуват.\nТога велит Момчулица млада:\n„А стопане, Момчула Војвода!\nКе те праштам, прау да ми кажиш,\nКвечерина коња потковуваш,\nНа утрина коња с' обосуват,”\nОтговори Момчула Војвода:\n„Ељ ме чуеш, ти моја невесто!\nЉељ ме прашаш, право ке ти кажам.\nКвечерина коња потковувам,\nНа утрина коњ се обосуват;\nЈас си одам у Солуна града,\nТамо љубам Еврејка девојка,\nОт там одам у град Белограда,\nСи ја љуба Мара Белоградска,\nИ пак одам у Стамбола града,\nЈbубам цару Костадину сестра.”\nБог да бие Момчулица млада!\nНаписала едно парче книга,\nГо допрати во Стамбола града,\nНа онего цара Костадина:\n,.Харам ти била твојата живот!\nМомчула ми твоја сестра љубит.\nЧуи мене, цару Костадине!\nСо јунаство Момчула не фашташ.\nКога одит Манастира града,\nОбичајат без оружје одит,\nМалу нешто ти си пособери,\nИ отбери три хиљада мина;\nДа си станиш рано во с'бота,\nДа си стигниш брго во недеља,\nКе си бидит в црква на закона”\nШто ми рече цара Костадина:\n„Кафпе едно Момчула Вајвода!”\nТа ми собра три хиљада мина,\nТа си вјавит таа брза коња,\nПрау тегнит в града Манастира,\nСи достигна на црква испуштање,\nСи излегвит светот от црквата.\nА што беше Момчула Војвода!\nТој си јавна своја брза коња,\nПа излезе от град Манастира.\nНа Момчула коња се затресе,\nИ Момчула коњу му велеше:\n„Ој ти коњу, ој ти добар коњу!\nВака други п'т не си сторило”.\nТога коња му се отговори:\n„Бог да биет нашата стопанка,\nДа не сторит некоја превара.”\nНа Момчула тогај му текнало;\nМи с' опули по бели друмои;\nСе задале м'гли и правои,\nГ' опколисват љуѓе оружани.\nИ пак коња нему говореше;\n„Ти, стопане, јунак и јас јунак,\nКачи ми се на мои рамена,\nПа влези ми в царева ордиа,\nАко нешто пусат си немаме,\nКако господ нас ке поможит.”\nДупна коња како силен ветар,\nМи расцепи јунак све ордиа,\nМи дотрча до камни дворои;\nВити порти биле затворени.\nЈа догледа своја мила сестра,\nIIa је викат што глас тој ми имат;\n„Бргу, мила сестро, отвори ми,\nДа си земам моето оружје.\nДа истепам тие копилиња!”\n„Ејди брате, мои мила брате!\nБог да биет твоја жена млада!\nТаја мене, кога ја си спиех,\nМи смолоса моја pyca коса\nМи засмоли на овје диреци.”\n„Тргај, сестро, друга ке порастит,\nЗашто мие оба загинафме.”\nИ сестра му јако се разљути,\nКако тртна от диреци коса,\nНа диреци перче останало.\nСи дотрча в шарен нејзин ковчек,\nСи изваде триста лакти платно,\nПреку ѕиздје платно го префрли.\nСе зафати за белото платно,\nМи го тргат негоата сестра,\n„Тргај сестро, ако бог поможит,\nАк' поможит да си откиниме,\nНејзе мајка ке је расплачиме.”\nБог да биет Момчулица млада!\nСи изваде ноже от пазуа\nИ пресече триста лакти платно;\nИ си падна јунак зат дворои,\nСн'га му се тога преврушила,\nР'це, ноѕе, глава искршиле.\nСи достигна царе Костадине,\nПа седна на свилени постели,\nЈе говорит Момчулице младе:\n„Ој невесто, Момчулица млада!\nДонеси ми Момчулива руба,\nНа Велигден која облеквеше.”\nСи отвори шарени ковчеѕи,\nСи изваде свила и кадифе,\nСи изваде самура калпака.\nКога царот на глава го клаат,\nНа рамена калпак му легнало;\nНа калпака триста драма злато.\n„Уште Момчула што ми имаше!”\nМу извади Момчулои скорни.\nКога царот скорни и видело,\nДвете ноѕе царот и пикнало\nИ обете ноѕе и созеде.\nТогај царот ми се зачудило,\nТаков добар јунак што загина.\nТогај викна на своите љуѓе:\n„Фатете ја Момчулица млада,\nШто предаде своиот стопана,\nКренете ја и запретајте ја,\nЗакопајте ја дури до колена,\nНамачкајте лоја и катрана,\nОган дајте от русите коси,\nИзгорите ваква биханиа.”\nЈа запалие и се изгори,\nИ се стори м'гли и правои.\nИзговори Момчулова сестра:\n„А честити цару Костадину!\nОпули се в мене окаена,\nКако брата ја да си прежалам!\nГледај црни крвој от главава;\nМене не је брига за косата,\nМене не је брига от бољата,\nБар ни живот ја не си ја сакам,\nТук си т'жам мои мили брата,\nШто загина од недугова жена.”\nСи ја зеде негоата сестра,\nЦар Костадин и је говореше:\n„Право имаш убава девојко!\nКој как солит, така ке си сркат;\nКој как чинит, така ке си наит;\nБиди жива и разговори се,\nДруга коса, девојко, ке никнит.”\nСо себеси зеде лична мома,\nЈа однесе у своите дворје.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D1%87%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 715, "cyrillic": 0.997}
{"id": "4058", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко кум", "text": "Се собрале Кралеи Банеи,\nСе собрале на ладна меана,\nВино пијет, мушафере чинет,\nКог да клаиме, кралче над кралеа,\nСе отгори Марко Кралевике;\nÂДа го клаиме Митре сиромашец,\nЗашто имат убаа нееста,\nЗашто ми је умна и разумна.”\nГо викнаа Митре сиромашец:\n„Ке те клаиме кралца над кралеа,\nТи прелегаш кралца да ни бидиш.\nНар'чај је на млада Митрејца,\nДа уготвит господска вечера,\nДа прилегат како за кралеи.”\nСе зачуди Митре сиромашец,\nСи отиде Митре дури дома,\nУмилено мошне ујадено.\nГо пречека млада Митреица:\n„Ејди Митре, мое господине!\nШто си олку мошне ујадено?\nШто те тебе нужба дотерало?”\nТога вели Митре сиромашец:\n„Митрејце убава невесто!\nМе викнае Кралеи, Банеи,\nМе викнае на ладна меана,\nМе кладое кралца над кралеа,\nМе пуштие вечера да напрајш,\nДа прилегат како за кралеи.\nА егиди млада Митреице!\nМие сме си мошне сиромаси,\nСи немаме вино и ракиа,\nСи немаме лебец баре трошка,\nС'ошт' ке прајме манџи господарски?”\nТога зборвит убаа нееста:\n„Господине, Митре сиромашец!\nТи не бери гајле за тоа,\nЈас ке зготвам господарска вечера,\nКе ја земам божја вересија.”\nТога стана млада Митреица,\nСвешто зеде божја вересија,\nИ си зеде вино и ракиа,\nСи напраи господарска вечера,\nИ пречека Кралеи, Банеи,\nИ нареди на чесна трпеза,\nНајгоре седна Марко Кралевике,\nА до него Секула Детенце,\nА до него Детелин војвода.\nИм ставила господарска вечера,\nИ им служи вино и ракиа.\nЈадет, пијет, Кралеи, Банеи,\nМеѓу себе мушафере чинет.\nМитреица умна и разумна,\nСи го зеде свое м'шко дете,\nМи го фати Маркоје скутеи.\n„Добре дојде, Марко Кралевике,\nДобре дојде, чесна кумашина!\nКе те фатам за свети Јоана,\nД а ми космиш наше м'шко дете.”\nСите кралеј ничкум погледае,\nСите кралеј в земји с' опулие,\nНадпретек сегвет во бели џепој.\nМарко го дарва до триста дукади,\nСите дете си го издарвее,\nКој броени, и кој неброени.\nКо' го зеде млада Митреица,\nКо' го зеде дете от скутеи,\nСегна Марко во бели џепои,\nНе се знаит што дукад је даде.\nКога станее дома да си одет,\nГолем дарчок сите је дарвеа.\n„Ај со здравје Кралеи, Банеи!\nАј со здравје наша кумашина!”\nПосле стана млада Митреица,\nВересиа сегдека исплати,\nИ престана ки-зни-колку азна,\nДа си јадет, господски да врвет,\nТаков унер стори Митреица,\nЗашто беше умна и разумна.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%BA%D1%83%D0%BC", "word_count": 378, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4059", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Димана (2)", "text": "Отвори Стојан на доле\nНа доле на зимовиште.\nСе го роднини пратиха,\nМајчина рода, баштина,\nКметове с вино червено,\nКметици с бели кравае,\nНевести с'с р'кавици,\nМомите с китки шарени.\nСтојан роднина не гледа,\nНи китки, ни р'кавици,\nНито по бели кравае,\nАми си коња разигра.\nПо крај Димина градина.\nДимка в градина седеше,\nНа шарен герѓов шиеше,\nИ лепа песен си пееше.\nСтоја през плета надникна,\nТа му ножове паднаха\nВ Димкина мала градина.\nВов алената латина.\nСтојан Димани говори;\n„Либе ле Димко, Димано!\nСтани ми подај ножове\nИз твојта мала градина!”\nСтанала Димка, Димана,\nНожове да му подаде,\nНе подала му ножове\nН' набра цвеке сјакакво,\nТа уви китка шарена,\nСмилова и латинова,\nТа ја Стојану подаде:\n„На ти, Стоене, таз китка,\nДене ја турјај вов пазва,\nНоште ја турјај воз глава,\nДа знаеш, маре Стоене,\nАзе шта да сја погода,\nКога китката повехне.”\nСтоја и тихом говори:\n„Либе ле Димко, Димано!\nЧакај ма, либе ле Димко,\nЧакај ма, либе, до пролет,\nДо де си дода от доле\nОт доле, от зимовиште,\nТа с тебе да сја земеме.”\nА Димана му говори:\n„Маре Стоене, Стоене!\nЧакала бих та до пролет,\nДо де си додеш от доле,\nОт доле, от зимовиште,\nТа с тебе да са земеме.”\nСтојан Димани говори:\n„Либе ле Димко, Димано!\nСтори си дума гољама,\nЧе ми та либи огњан змеј,\nС момина хоро не ходи,\nС млади невести на вода.”\nПослуша Димка, Димана,\nС моми на хоро не ходи,\nС млади невести на вода\nТа го чекала до пролет,\nДо де си дојде млад Стојан.\nСтоја мајци си говори;\n„Мамо ле, моја мајчице!\nХајде ма, мамо, погоди,\nИскај ми Димка, Димана,\nПогоди, мамо, ожени!”\nА мајчица му говори:\n„Синко Стоене, Стоене!\nТја не е, синко, за назе,\nЧе си ја либи огњан змеј.”\nСтојан и тихом говори:\n„Иди, ја искај, мамо ле,\nИскај ми ја, да ја дадат,\nСами с'м азе огњан змеј.”\nИска ја, дадоха му ја.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%282%29", "word_count": 327, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4060", "title": "Зборник на Миладиновци/ 131 песна", "text": "„Бере са, мамо, бегликот\nНа врх на Стара планина,\nИ ас шта, мамо, да ида,\nБиглик кихаја да стана,\nНа бигличкиот војвода.”\nМама на Стојан думаше:\nНе ходи, синко Стоене!\nБиглик е лоша работа,\nДе дај от кол от в'же\nКои с бигликот отважда.”\nСтојан мајка си не слуша,\nАли с бигликот отиде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_131_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3924", "title": "Зборник на Миладиновци/ Обичаи", "text": "Свадбени обичаи от Струга\nНа големите празници, како Велигден, Петровден, Спасовден и др. се береет млади м'жи и жени околу црков, или на други места, и играет хоро невести, девојки и м'жи особено. Тога неженатите имает случаи да си отберат лика спроти себе. На отбраната си пуштает стројници, кои давает мал нишан. Свршените во празници си пуштает секакви дарови, како сладки јела, ризи везани, и китки. Пред свадбата си менвеет големиот нишан. Четвортокот си клавает старосват, и побратими. Старосватот седит до кумот подолу, а побратимите канеет сватови, и, кога одет по невеста, стојет от двете ст'рни от зетот, и подкрепвет невестата, кога ја земает. В сабота месат погача со прстен шарена, која се вика сваќа; еднаква се месит и у девојката. На вечера побратимите канеет роднината и приателите со гајда, и со чутура вино обколисана со женски стребрен гердан, и обкитена со босиљок. Канетите пијет от това вино; и к'де ке се свршит наполнвет чутурата со вино. Утрината побратимите канеет да се сберет сватови. Кога тие ручает зетот се готвит; се бричит обколисан от невести и девојки, кои му пејет песни; се облеквит со зетоското рубо, и целуват р'ка на татка и мајка. Така тргвет по невеста. Напред одит бајрактарот, зетовски роднина, кои држит јаболшница накитена со везани ризи, црвени шамии, секакви китки и црвени јаболка; по него хоро от јунаци; после сватоите, а по ним зетот меѓу побратимите, имеештем на глава лозен венец навиткан со црвена коприна, и цвека: а от десната ст'рна на капата носит китка, пратена от девојката и обшиена со стари пари (цела). По зетот ходет девојки и невести, кои велегласно пејет зетовски песни. Старосватот носит сваќата (погача). На\nприближвењето девојкините роднини на две реда пречеквет сватовите; а други жени пејет, како на добредојде. Постарите влегвет во куки и разседвет на ставената трпеза; а младите останвет во дворот, к'де им носет вино, и на секого разданает по една китка. Тога се давает от ст'рната от зетот десет грошеи, и даровите за куќовните невестински; се менват сваките (погачите) т.е. зетинската останвит у девојката, а нејѕината земает у зетот. Наст'рна стоит зетот; кун него подходвит девојкиниот брат со везана риза, со која преопашвит зетот три п'ти, или ако не достигнит, му ја префрљат на рамена, и го удират со р'ката по обете ст'рни от образот, а зетот му дават јаболко со пари накачено; целуват р'ка на теста си и тештата и на седнатите на\nтрпеза, и се враштат на првото место. После побратимите влегвет при зготвената\nдевојка, је давает срмовезани чевли, и ја изводвет надвор. На отходвењето\nзетовскиот татко фрљат дробни пари над главата от невестата, која гувеит, качена на\nкоња. Со еднаков поредок сватовите здружени со невестинските тргает за в црков.\nНа п'т своите љуѓе иставает вино на сватовите, ако овие поминват по крај куќата им.\nНа венчањето, кога се вртет три п'ти околу, кумицата фрљат овес, смешан со\nшекерчина, над главите от младенците, на кои после се дават хлеп и вино, донесени\nот ст'рната от зетот; по ним сите роднини целувает вангељето, после венците от\nмладенците, и се напивјет от истото вино. По венчањето со еднакви радостни песни\nи поредок се враштает у зетот дома, к'де пред вратата бајрактарот стресвит\nјаболшницата, и ја фрљат нат куки. Пред прагот от куќата, или одајата давает на\nневестата пешник хлеп и вино, пејеештем: „Што сторифме свакето, ви зедофме\nмомето, ви огрдифме куќата, заличифме нашата.” Кога сватовите ке си расходат,\nзетот и невестата седвет на к'тот еден близу до други; на коленото от невестата\nкладвет м'шко дете, кое таја целуват и дарвит; а жените ги благословат. После тои\nобред невестата гувеит до вратата, к'де вечерта пречеквит гостите, на кои целуват\nр'ка, или образ ако се близни; а тие, кој како сакат, је давает пари. Кумот и\nстаросватот имает право да м'чат зетаг и невестата со секакви тешки испитвања,\nнаприм. невестата да је оставит да му гувеит цели часови: зетот да му стоит простум\nили на една нога, или на пирустија и др. Невестата со зетот и побратимите\nвечерает насе. Друтиот ден зетот и побратимите канет на ручек гости; и своите им\nдавает за невестата тестени јела. Така канет и вечерта, која бидвит пошумна от\nпонапрежната; Зашто тога играет на танец зетот и невестата; тога се пејет песни со\nкои се подсмевјет на сваќата на зетот и на невестата (вид. п. 534); тога играет\nсваќата (погачата невестинска), т.е. танцоводачот земат сваќата и играт наишумното\nхоро пеејештем подсмешни песни. По хорото се грабеет на\nсваќата, и ја раздавает на сите по малу. Утрината пијет топла ракиа, и своите љуѓе и\nпријатели испраштает на зетот дарби. Вечерта невестински роднини от дома је\nдонесвет дарови за сватовите; них гоштавает особено; а канените ходат со нозба,\nт.е. секои носит јела, погача и вино. Таја вечер раздавает даровите, што испратиха от\nневестата, на сватовите, кои фрљает пари в изглобен хлеб; а кумот, старосватот, и\nпобратимите можат до недељата, кога сакает, да ходат со нозба. Недељата или други\nден тестот канит зетот со невестата и куќните на гости; таја гозба се викат првиче.\nОбичаи на свадба в Кукуш\nИ в Кукуш на добар ден се береет младите на секакви места и играет оро; а на\nВелигден сите се собервет на едно место, и играет.Кога некоја свршена видит\nнекого от зетовската роднина, или зетот со пријатели, се пуштат от орото со една\nдрушка, која водит неа, и која прва целуват р'ка с'де на сродникот; а свршената\nнему, и на сите негови другари, што ке бидет со него. Но ако се згодит тамо\nармасникот (свршеникот), оваја на сите целуват р'ка, а к'м него не подходит. На\nтакви народни обшти ора неженатите се избирает; и по татковското согласје\nстројниците приготват армасот, кои се чинит вака. В некој праздник се берет\nсродниците у момчето, кое целуват р'ка на татка му, или, ако немат татко, на вујка,\nили стрика, кому врчвит знаковите една хубава шамиа, и некој флорин; еднакво\nцелуват р'ка и на другите стројници. После ходат у девојката, к'де им ставјет софра.\nПо неколку време излегвит момата со некоја друшка. Тога се менват знаковите от\nдвете ст'рни. По това друшката целуват р'ка на сите со ред, а после момата, која\nсекому на рамо префрљат везана риза, на женатите везана на разбои, а на\nнеженатите везана со нејѕина р'ка. Стројниците, имеештем на рамо ризите, се\nвраштает у момчето, к'де се гоштавает. Тој се викат мал армас (свршување).Другиот\nден се собирает у момчето околу триесет дечина от четири до десет години, кои\nстара жена водит у невестата. От децата едно носит овошки (олошки) во шамиа; а\nдруго во лепо везана риза носит овошки от три, пет или седум вида (сорта); една\nкитка наредена со стари пари пет, или седум, или девет, от кои три пари се\nпоголеми. Момата ги пречеквит и на сите целуват р'ка, и најпосле на тие што\nносат овошките. На децата донесват прво благо нешто, а после друго јастје.\nНаодзади излегвит девојката, им целиват р'ка, и им дават по китка и риза; и на едно\nот тие дават гореречената шамиа со овошки, една лепо везана риза и една зелена\nкитка за момчето. Овој обичај неколку п'ти во годината се повторвит, особено кога\nизлегват нови овошки; но други п'т количеството от децата је многу помало.\nЗелена китка. После неколку месеци канет у зетот жена и моми от\nроднината му кои ходат у момата, имеештем со себе си с'д со овошки, над кои сет\nоколо пет зелени китка, от кои поголемата, која имат ж'лтица врзана со коприна, је\nза момата; уште за момата носет чораби, чевли, неколку ока предено, лен и неколку\nдрамој коприна разноцветна; от овие момата требит пред свадбата да имат зготвени\nкошули за дарување. Девојката ги пречеквит, им целуват р'ка, и сама земат вештите.\nИм ставјет софра да јадет. Пак момата излегвит, им целуват р'ка, и ги служит по\nчаша вино; тога пејет три песни. После излегвит сестра је, и дават по една мала зелена китка. По неа момата даруват по риза\nна золвите и свекрва је, на која врчвит гореречениот с'д полн со неиѕини овошки,\nнеколку зелени китки, меѓу кои за момчето поголема, а со ж'лтица помала от таја,\nшто прати момчето, и незана риза за него; и по риза за свекорот, девери, вујковци и\nстриковци. Други п'т сама свекрва је ходит у момата, и је земат мера за колан со\nпафти, за колби (белезии), и за четири прстени.\nГолем армас. Две недели пред свадбата, в с'бота спроти недеља, момчето со\nроднините и пријателите ходит у армасницата, имаештем со себе си потребното\nјастје и питје. Мајка му во тепсиа носит благо сукано; а снахите коланот (појас) со\nпафти, колбите, четири прстени, шамја за р'це, друга за глава, туљбен, фес, огледало,\nгребен и ж'лтици; а момчето шамиа со овошки. Стигвеештем у момата м'жите седвет\nна една ст'рна, а жените на другата стојет простум. Излегвит момата со една друшка,\nи целуват р'ка на м'жите, а на момчето не; после целуват на жените, от кои земат\nречените вешти, и ги предават на дружката си; и најпосле целуват р'ка на момчето и\nпреземат шамиата со овошките. Ставјет софра, на која донесват јастјето и питјето от\nмомчето, кое, целуваештем р'ка, на сите служит по ракиа. Постариот на четири\nскршвит на савче винено крстообразната погача, која имат на стреде врзано цело\n(стара пара); стредата со целаго се праштам на момата. По неколку време момчето\nслужит на сите со вино, целуваештем р'ка. По това донесват момини јастја и вино, и\nтога целуват на сите р'ка, и ги служит по едно вино. Таја вечер не се спиет. На\nразденвањето пиет ракиа от момчето. На одзади момата им леит (туриват) вода да се\nизмијат и најпосле на момчето, и на сите префрљат на рамена по една риза; сите а\nдарвет по ж'лтица. Това се викат голем армас.\nРуба. Седум дни пред свадбата в недеља от момата праштает у момчето,\nстомна вино. Неколку моми ходат у момчето, имаештем за момчето две кошули, две\nгашти, една антериа, еден елек, една шамија, две бохчи; за браќа му, за свекор,\nсвекрва, за чичовци, вујкоцки и тетиновци по кошуља и риза; за јатрви, вујни и\nтетки по карпа; за мајсторот, што го учил занает, и за учителот по кошуља.\nСтигвеештем у момчето сите тие дарови обесват на ѕид во одајата, к'де момчето\nимат обесени сите дарови, шта му пратила момата. Им давает да ручает, и момчето\nим целуват р'ка и ги служит по ракиа (ако пијет). После момите пејет и играет оро\nтака, што три п'ти излегвет надвор от вратата, и влегвет н'тре. Това се каже Руба.\nЗамес. Три дни пред свадбата, в четворток рано, месвет у момчето две\nпогачи, една за момата, друга за кумот. Се берет у момчето неколку моми и замесват\nхлеб вака: донесват три ношви (на ошто месет хлеб) и три сита; три моми ке засеат\nбрашно, и ке го соберат на едно. Мало дете, што имат татко и мајка клават сољ и\nвода; и со дрвце, кое имат на крајот топувче и кое викает кукудавка, прво смешвит\nбрашното и водата; а момите после го замесват. После кревает детето на р'це; а детето три п'ти ке удрит со дрвцето на греди, и три п'ти ке речит\n„Момак и мома.” - Това се велит Замес Истиот ден момите правет фруглицата (бајрак), која је трска, на неа зашиена бела риза везана, а на врхот јаболко шикосано (варакосано со злато). После една\nдевојка облечена во момчеви руби, со м'шки фес на глава, фаштат на оро другите\nмоми, и водат танец, држеештем фруглицата.\nВечерта еден ковчег, во кои клавает бамбакерно семе, јачмен и три јаболка,\nго испраштает у момата со фругличарите (кои носат фруглицата, кога одеет за\nневеста; побратимите) кои, како г' однесат, седват на него. По малу идет момата им\nцелуват р'ка, и ги даруват по риза, а тие је предавает ковчегот и враштает. По ним\nмомчевиот татко со два троица земат погачата, што месиха раното, и која је врзана\nкрстообразно со црвена коприна, и на стреде имат цело, и ходит у момата. Тамо им\nдавает да јадет, и таткото скршвит погачата на винено грне. После ке се разговорат\nсо моминиот татко за обушвата (дрехи).\nИстиот вечер други седум-осум мина от роднината момчева земает каниска\n(јастје со кое канат) и погачата, што месиха раното, и ходат у кумот да го канат на\nвенчавање. Тамо се гоштавает, и ноќта се враштает назат.\nПеток. По ручег се берат у момата нејѕини сродници невести и моми за да ја\nплетат. Се собирает окулу неа, и прво кладват мало дете, што имат татко и мајка, за\nда ја заплетит и зачешлат, а момите ке ја исчесљает, и ке ја доплетат со песни. Кога\nтие ке свршет, момата им целуват р'ка, и си клават на глава фесот и шамијата (што је\nбеше дал момчето на големиот армас); а после заедно со сите играт оро. Тога\nневестинската руба, која ке носит у момчето, стоит в одајата обесена.\nВо тои ден у момчето виет карафил во книжина, со кои фругличарите канат\nгостите. Наодзади фругличарите ходат у момата да кажат, че во недеља имает\nсвадба. Невестата ги даруват по риза.\nСобота. Неколцина се берат у момчето за да закољат волот (без вол не\nбидвит свадба). На волот накитват главата и роговите со цвеќа и китки и му пејет\nпесни; и дури да го одерат и суредат не престанват да пејет и да играет оро. По\nручек фругличарите со карта вино (чутура) канет на вечера гостите, што беха ги\nканиле во петокот, а кумот не. Како ке кладат вечера на гостите, фругличарите се\nпраштает у момата, к'де еднакво служат, и от к'де не может да се вратет без\nповелење от моминиат татко.\nНедеља. Раното идет бричачот (берберинот), и бричит зетот; а две моми\nдочеквет 'лакната на риза, која скривјет за да ја кладат во невестинскиот ковчек,\nкога ке го донесат. Другите моми пејет и играет оро окулу зетот. По свршвењето\nдарувает на бричачот риза, и пари кој како сакат; а зетот целуват р'ка на сите, и се\nизмиват образ. Водата, со која ке се измиет, собирает в бардаче, и ја вардат дури\nда донесат невестата, како ке видиме. После му носат зетовската руба, која едно дете\nтри п'ти тргат (теглит) на к'нтар и зетот се облеквит; а фиралите (чевли) не истават от ноѕете дури да се венчат.\nЗа ручег се собирает сватовите; канет кумот и кумата со дружината му, и\nручает. По тоа зетот целуват р'ка на кумот и подкумникот и на сите сватови; после\nходет да земет невестата.\nСтигвеештем у момата деверите, свекрвата, кумата и снахите ходат к'м\nодајата је. А момата со затворени врати, обиколена от род, нината си, држеештем\nрешето со бамбакерно семе, и три страка запалена борина, запевјат „откупи снаха\nдеверу! ск'па је снаха, вредна је ...” деверите, кои стоет на вратата надвор, давает\nнеколку гроша на вратарот, и влегват сите н'тре; а момата разсевјат семето во\nрешетото, кое фрљат вонка (надвор); а други го фрљает на к'шти. По стариот девер\nдават на невестата чорабите, от кои еден је полн со овошки напр. леблебии (сланток\nпечен) кои таја клават в џеп. После остават пред неа чевлите, кои таја ритвит\n(кљошвит, клоцвит) три п'ти, a после ги обувјат. По тоа прво кумата клават на\nглавата от момата венец от винена лоза, обвиен со црвено предено. После свекрвата\nје наредвит стребрениве накитки: нетоп на чело, натоп, плоча преку гуша на гр'ди,\nперја, и иглици; а момите во тоа време пејет: „Веди се долу наша дружко, дур да ти\nкладат нетоп на челото, плоча на срцето.” Наодзади ја преврзват со голема бела\nриза, а преку рамо под левата мишка преврзвет басма или друго нешто ск'по;\nнајпосле ја прекривјет со дулак (превез); а таа три п'ти се кланат на татка је и кумот,\nи ходит на ст'рна, к'де често се клањат (гувеит).\nПосле некоја малка мома направает невеста, ја покривјет, ја фаштает за р'ка и\nсо песни свекрва, кума и сите жени се враштает в к'штата от момчето; а м'жите\nостанват тамо. Но кога невестата носеет в црков сите жени, и свекорот, кој не ходит\nсо сватовите за невестата, пред црков пречекват невестата, како ке видиме.\nСватовите се гоштавает, а зетот со фругличарите ходит в особена одаја, к'де\nстоит софра ставена. Зетот со трите прсти земат от четирите ст'рни от јестјето и го\nклават пред себе; после јадит. По малу време идет тешта му, или шурна му, и му\nдават прстен за венчање, и му префрљат на рамо бела риза; и тој је целуват р'ка и си\nходит при кумот. По това идет на трпеза невестата, која седит на истаго место, к'де\nбеше седнал зетот, и прво изедвит това, што остави зетот кога седна да јадит, а\nпосле јадит други јела. По това зет и невеста ходет при кумот, кои покриват главите\nим со платно, и држеештем чаша вино со малу хлеб н'тре, ги благословјат и\nистуриват виното преку младенците. Невестата целуват р'ка нему и на сите сватови.\nВо това време идет неколку момичина (девојчина), и на сите сватови пејет песни\nсекому прилични по врстта (возраст), а сватовите ги дарувает по нешто. 3етот целуват р'ка на сите невестински сватови; а\nневестата, изведена надвор, даруват по шамиа сите нејѕини сватови, кои тога\nизлегват. После се проштават со татка и мајка и се прекрствит; а деверите ја качват\nна коња. Така ходат на венчање в црков; по п'тот жените пејет, а невестата часто се\nклањат.\nНа приближвењето в црков, свекорот, кумата и другите жени пречекват\nневестата, окулу која пејет: „Куме, мили куме, дали да венчаме.” Свекорот ја\nсваљуват (слегвит) от коњот; а таја му целуват р'ка и му дават риза; еднакво и после\nвенчањето свекорот ја качвит на коњ. И кога ке стигнат у момчето пред вратата је\nпејет: „Ела, ела невесто, позна кеш си дворови ...” Пред да слезит от коњот је давает\nдве м'шки деца, на кои образот гладит со плочата, им целуват р'ка, и им дават от\nовошките, кои от чоработ беше клала в џепот си, како рекохме; а другите овошки\nисфрљат. Тога свекорот фрљат преку неа дробни пара, и ја слегвит от коњот. По тоа\nје давает под мишка два сомуна хлеб и бардачето со водата, со која зетот беше си\nизмил лицето, како се каза погоре. Така таја се качвит дома и по малу туриват от\nводата, дури да стигнит до одајата, во која зетот стоит скриен зад врата; и кога\nневестата ке влезит н'тре, тој три п'ти ја удират по плешти, и излегвит вонка\n(надвор); невестата однесват да стои в коше ('гал), а хлебовите и бардачето фрљат на\nѓарамиди. По това донесвет јастје на невестинските сватови, кои тога се викает\nпогазеи, и кои после јадењето си ходат секој дома.\nВечерта се собирает гостите; и на вечерата зетот и невестата, захваштаештем\nот кумот, се поклонват, целувает р'ка и служит по чаша вино на сите сватови, на кои\nневестата раздават даровите, прехврљаештем на рамо дарот; а сватовите неа\nдарувает по нешто. По неколку време запеват: „Стани, куме, стани! ти се мољат\nмладенците, време јет да одиме...” Гостите си ходат; наодзади станвит кумот, кого\nзетот и невестата пречекват на врата, му се поклонват три п'та до земја, и му\nцелувает полата и р'ката.\nВ понеделник канет на ручег гости, и заигравает на оро зетот со невестата.\nВечерта пак канет гости.\nВ торник накарвет (натервет) невестата да сметит и да измиет с'довите\n(вагани, паници, каленици), и ја задевает (задирает), је се подсмевјет, ѓоо (като че)\nне умеала да метит и да миет с'довите; а таја подхврљат некоја пара на земја за да\nпрестанат да ја задирает. После ја натервет да месит мазник; и тога је се подсмевјет,\nи на сучењето је сечат корите (губи), ѓоо не знаела да сучит мазник; а таја им\nподхврљат неколку гроша, дури да престанат. Тои мазник јадет куќните и\nпобратимите.\nВ стреда невести и моми, зетовски роднини, изважает невестата да налеит\n(нацрпит) вода. Со себе си носат грне вино и ракиа, и кого на п'т стретат, нему\nневестата служит вино и ракиа, и му целуват р'ка. Невестата носит в десниот р'кав\nпросо, а в уста стара пара (цело). Стигвеештем на кладенецот (геран, бунар) невестата ходит окулу него\nтуриваештем по малу просо, и се клањат крстообразно на четири ст'рни; наоѕади\nхврљат целото в кладенецот и нацрпвит вода.\nЧетворток вечер невестински татко канит зетот и невестата на гости. 3амеч.\nВ Воден, кога тестот в петок вечер канит зетот со многу гости, се викат првиче;\nдругиот петок, кога зетот ходит у тестот со побратимите, се викат вторите; треќиот\nпеток, кога ходит с'де со невестата, се викат третиче.\nПеток вечер спроти с'бота не требит зетот и невестата да останат дома си; за\nтова ходат да преноќувает у некого роднина. Таја вечер се викат С'ботнина.\nГодишни обичаи в Кукуш\nКоледе. На полн ношт пред Божиќ до разденвење децата ходат со коледачки\n(стапови) от к'шта в к'шта, и тропает по вратите, викаештем: „Коледе, бабо, Коледе.”\nОт куките им давает колачина, костени и други такви.\nБ'дник. Ден пред Божиќ је Б'дник. Вечерта запаљват оган, на кои пернувает\n(клавает) голема пенушка. С' ноќ огнот требит да горит; а от пенушката да останит\nедно парче кое вардат до другата година, за да подпалет огнот во истиот вечер. Во\nВоден това парче закопват в лозје, за да се сторит грозјето црно. Таја вечер месет\nпогача, во која клавает цело; и ја кршат на толку парчина, колку сет куќовните,\nзахваштаештем от бога, после от куќата, и со рет от постарите до помладите; и кому\nке паднит целото, тој је стретен таја година.\nКако се заготвит трпезата от вечерта, така стоит ставена дури да поминит\nБожиќ. От Божиќ до Водици жените не работает, ни перат (мијат), ни деца к'пат.\nКлетва. В стредепосната недеља се собирает неколку девојки, носеештем\nсекоја нешто от потребните за да месат зелник. Јадат и се сузборват заедно да пејет\nЛазара; и да останат верни на здоговорот, клавает на секира леп, сол и јаглен. После\nцелувает секирата и се к'лнат „ако некоја не додржит зборот и се разделит\nна Лазара, да не се слеит како железото, да оцрнит како в'гленот (јаглен), и лебот да\nје фатит очите, т.е. да ослепит.”\nМишев ден. В понеделникот от Сирници (после запаствењето от месо),\nжените не работает, ни отворает ковчеѕите. Тој ден се викат Мишов ден.\nМартинки. Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело; и\nутрината го клавает на децата на грло, на р'це и ноѕе за здравје. Тие се викает\nмартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците.\nТаја вечер пременувает местата, к'де спавале до тога, за да не ги јадат болви.\nТој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к'штите:\n„Ластовица идеше, црно море пливаше...” - Во сиот месец не јадат зеље останато од\nпонапрежниот ден.\nЃургев-ден. Раното клавает на вратата коприви. Момите и децата носат\nкоприви на глава. Тој ден се теглет кој колку ке дојдит.\nЕремиа. Вечерта спроти Еремиа клавает пред прагот на портата кросно, и\nфортома; а от двете ст'рни от кросното горит по една лепешка; и поминват гојадата\nпреку кросното; за да не ги ук'сат змија. Чукает со кации низ дворот, по дупките и\nоколу к'штата, и вељат: „Бегајте змии, оти идет Еремиа.”\nРаното со коприви терает гојадата на пасење.\nИван-ден. Дента стари жени береет треви лековити (биљки).\nВо Воден тие треви висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници.\nЦрн-ден. Другиот ден по летни св. Атанас, се велит Црн-ден. Жените не\nработает, ни хлеб месат.\nМоринки. Првите дванаесет дни от Августа се викает Моринки. Тие дни\nжените не работает, ни перат, ни деца к'пат. На тие дни гатает за доброто или\nлошото време за цела година; ако напр. првиот ден от Августа чинит горештина,\nколожек (јанвар) ке бидит студен, и на против; ако на вториот правит добро време,\nна сечка (феврал) ке чинит лошо; и така за другите.\nГодишни обичаи от Струга\nБ'дник. Пред Божиќ правеет питулици и со кашата чинат крст на врати,\nдолапи, брашник и други. Орачите клавает емешот на кланик, и на него чинат крст\nсо кашата; така и на черешлото. Децата ходат на коледе.\nВо Дебарските села исцрнувает лицата и ходат на коледе от села в село со\nпесни и ора, имеештем црвен бајрак со бел крст во стреде.\nВо Магарово децата викает: Коленде меленде, сурова година, цинки, кака, дај\nм' една колака.\nВодици (Богојавление). Вечерта пред Водици оставает стомните откриени и\nпразни, а утрото ги наполнувает, и наквасвет в реката квасот. Пред да излезат от\nцрква береет брлок, напр. сено со љуштенчина, или трески смешано, и го фрљает в\nоган шептаештем нешто. По излегвењето од црков клавает стред куќи секира;\nтаткото, или мајката држит крстената вода; а синовите и керки му скокает преку\nсекира. Кој от ним скочит повике от другите, нему прво ке дадит да се напиет от\nкрстената вода; така со ред на другите.\nЗам. По селата земает крстот от село в село. Тој што ке го земит дома си го\nугоштават с'то село.\nДецата имает зготвено вици сплетени, кои се викает суровици. Со ним раното\nна Божиќ ходет от куќа во куќа, мешает огнот со суровиците, и пејет: „Суро'а божа,\nвесела година, колку јајца и пилци, толку деца и јаганца.”\nЛап'рди. На поклади вечерта децата играет околу црков со лап'рди. Лап'рди\nсет др'гови не толку д'лги, на врхот расцепени, и в цепот накладено сено сврзано. В\nсеното клавает јаглен, и в'ртет лап'рдата на десно на лево, дури да се запалит сеното\nи да изгаснит. После оставает др'говите в црква.\nЛазара. Раното децата ходат по куки со шарени стапчина. Тој ден, а повике в\nнедељата, в Цветници, се собирает девојките по махали и направјет една от них\nневеста. Кого ќе стретат на п'т обколисват и пејет секому по возраста му т.е. ако је\nнеженат друга песна, ако је женат друга; ако је жена, или девојка друга (вид. пес.\nлазарски). Тој дават пари на невестата, која му целиват р'ка. Со тие пари накупвет\nнужните јела, и се гоштавает, и попраштает Лазара со ора и песни.\nГурѓев-ден. На тој ден вапсает јајца и прават нишаљки, на кои се нишает\nмомите опасани со дебелика, помазваештем лицето со црвено јајце, за да бидат\nдебели и црвени.\nКун квечерината запотват, т.е. клавает на вратите трева; запаљвет суви\nговечки лепешки, за да се чадат гојадата, кога се враштает от пасење.\nБабини дни. Последните дни от марта се викает бабини дни, кои обикновено\nсет студени, и ветарливи. Тие дни се земени од априља ево како. Една стара жена по\nизлегвењето от Марта, како виде че времето беше топло и много хубаво, рече: „Циц\nкозица на планина, прдни Марту на брадина;” и си излезе со козите на планина. На\nмарта падна тешко да се презират от една баба, и рече априља” ,,Априле, лиле, мој\nпобратиме, придај ми три дни да згрубам баба.” Април му даде; и захвати таков\nстуд, лапавици и ветришта, што бабата со се кози замрзнала. И денеска, велет, стојат\nкаменообразни бабата и козите на Шар планина.\nОј-љуле. На Руса стреда момите отбервет една от меѓу себе, и над рутиштата\nот глава до ноѕе ја опашват со секакви треви, напр. со боз и др. и ходат по куките пејеештем, ,Отлетала преперуга ој љуле, ој!!. Кога стигнат под некој прозорец (пенџера) от одзгора туривает вода на\nопасаната со тревје. Влегват во куките и таркаљает сито, кое ако паднит ничкум, во\nтаја куќа ке бидит ск'пиа; ако паднит инаку, плодородје. Во секоја к'шта, им давает\nбрашно, или друго нешто, и за ручек со собраните направјет гозба, на која пејет и\nиграет. Това се викат Ој-љуле. И кога некој се (или некого) изводенит, се велит: се\n(или го) направих Ој-љуле.\nЈеремија. На св. Јеремија кршат стомни, шутарки и черепи. В Прилеп пејет:\nБегај, бегај, гату, со твоите гадиштица! Ето ти го Јеремија, ке ти мотит черевата со\nжелезно матоело.\nСкрсти. Ако је времето сушливо, мало големо земает икони от дома си и от\nцрков и поповите напред, излегват еден час далеку на Маркав камен, и сите\nединогласно на п'тот пејет, „Скрсти одам, бога мољам, господи помилуј, да заросит\nситна роса” тоа ход се викат скрсти.\nЗам. Марков камен се нахожат на подножјето од Белица планина до\nСтрушките лозја; и је необработан камен, на кои имат д'лга ст'паљка.\nЖетва. В Кукуш, кога да зажниат, ако некој поминит по п'т близу до ним, му\nиставает еден сноп, над кои спростирает шамиа (и клавает хлеб) му пејет; а тој\nтребит да хврлит нешто на шамиата.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9E%D0%B1%D0%B8%D1%87%D0%B0%D0%B8", "word_count": 4802, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4080", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ханка штипјанка", "text": "Попленил Петре, попленил,\nПопленил Анка Штипјанка,\nМи ја однесол далеку,\nДалеку Немечка земја,\nВ Немечко во манастиро\nИ клал је име Рисјанско,\nАнѓо ем Ангелино.\nСедела до три години,\nСтигнала три м'шки деца,\nРазбрал ја брат је Ибраим,\nДопрати је бела книга:\n„О сестро Анко Штипјанко!\nНемој си вера менувај,\nКуките ке си продаам,\nТимара ке си заложам,\nВерата ке ти откупам.”\nГоворит Анка Штипјанка:\n„О мили брате Ибраим!\nНемој си куки продавај,\nНемој си тимар заложи,\nЈас сум си вера мeнала;\nСи имам три м'шки деца.\nРисјанска вера поарна.\nРисјанска вера мириса,\nКака на (ран') бел босиљок,\nКако на црвен трандафил.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A5%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4078", "title": "Зборник на Миладиновци/ Димана пленета", "text": "О! ти Димано желна Димано,\nЖелна Димано една у мајка!\nБог да убиет твојата мајка,\nТа што те скорна рано в недеља,\nГлава те изми, ми те оплети,\nИ ми те пушти палена жетва,\nЈачмен да жниеш, леб да добериш\nНа двана п'та, на двата друма.\nБог да убиет клети Гурбети!\nПо п'т минаха, ми те пленаха,\nМи те однесле гурбетско село,\nМи те чувале до три години,\nЛете на сонце, зиме на черен.\nМи те сториха клета Гурбетка\nШто си стигнале три м'шки деца;\nИ је говорет клети Гурбети:\n„О! ти Димано, желна Димано!\nКе те праштаме, право да кажиш,\nДали си знаиш вашето село\nТвоето село, таткова куќа?”\nИ изговори жална Димана:\n„О вие клети, лоши Гурбети!\nЈас не познавам моето село,\nМоето село, таткоа куќа.”\nСи изл'гале клети Гурбети,\nДа што је дале два стапа в р'це\nДва стапа в р'це, гургут на рамо,\nТаја да ходит от село в село;\nПраво си тргат во свое село,\nПрау си тргат при своја стрина:\n„Даруј ме стрино, жити Петрета,\nЖити Петрета, жити, Павлета!”\n„Ајде от тука, клета Гурбетко!\nКај ми и знаиш мојте синови!”\nОт тука пошла кај своја мајка,\nЈе застанала нејзе на врата:\n„Даруј ме, мајка, жити Димана,\nЖити Димана, твојата ќерка,\nШто ја пленаха клети Гурбети!”\nИ изговоре нејзина мајка:\n„Ајде от тука клета Гурбетко!\nК'де ми знаиш мојата керка,\nМојата керка желна Димана,\nШто ја пленале клети Гурбети?”\nПа изговоре желна Димана:\n„О моја мајка, ти стара мајка!\nЛели јас сум ти желна Димана,\nШто ме пленаха клети Гурбети!\nТи не гледај ме в црново лице,\nМе оцрнеха клети Гурбети.\nТие ме држаха до три години,\nЛете на сонце, зиме на черен,\nТуку види ми моите гр'ди,\nДали ми стојат три бели бенки?”\nТогај мајка је си ја познала,\nСи ја познала, си ја прегрна\nСвојата керка, желна Димана,\nИ от радости двете плакале,\nКако плакале, така треснале.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0", "word_count": 322, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4088", "title": "Зборник на Миладиновци/ Гинка робинка", "text": "Размирила сја Влашката земја,\nВлашката земја и Богданската,\nСтаро губиле, младо робиле,\nМ'шка дечица под кони т'пчат;\nTa порабиле Гинка робинка.\nС'канџик је биеха пo бели р'це\nПо бели р'це пo равна сн'га;\n„Хврли си, Гинка, м'шкота дете,\nHe стигна ли ти бој да тја бијат\nПо бели р'це, пo равна снага?”\nTa cи pacпaca копринен поес,\nTa cи го врза за две младици;\nЗаљуљало го, и запјало му:\nНани ми, Нине, маминко дете!\nД'жд ште завали, ок'па ште тја,\nДои ште кошута, надои ште те.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 96, "cyrillic": 0.958}
{"id": "4082", "title": "Зборник на Миладиновци/ Никола и Марија", "text": "Никола мајци думаше:\n„Подај ми, мамо, ножове,\nС'с дванадесе бодове\nИ два ножове ханџаре,\nДа ида у Мариини,\nДа вида, станала ли е,\nКандили палила ли е?\nШие ли на шарен герѓов?\nЗлви, етрви р'каве?”\nПослушала го мајќа му,\nТа му подала ножове;\nТа отиде у Мариини,\nТа на прозорци послуша.\nМарија мајќа будеше:\n„Ја стани, синко Марио,\nТа си кандило запали,\nДа шиеш на шарен герѓов\nЗлви, етрви р'каве,\nЧе ти свадбата приходи,\nДарове не си ушила.”\nМарија мајци думаше:\n„Пусти остале дарове!\nНе шта Никола да зема,\nЧе си го казват бекрија,\nТа вов виното лудее,\nА вов ракија заходи.”\nМајќа Марии думаше:\n„Не думај, мома Марио,\nЗаман са вино не пие,\nА ти си заман бољарка.”\nМарија мајци думаше:\n„Мамо ле, моја мајчице!\nКаква с'м с'на гледала,\nЧе шиех на шарен герѓов,\nЧе шиех сивиа с'кол\nНа шијата му злат зв'нец,\nНа крилете му, две мрежи.”\nМајќа Mapии думаше:\n„Ја не грижи сја, Марио,\nТаја е с'на на добро,\nЧе штеш ти да сја ожениш;\nГерѓова тие е трапеза,\nСивиа с'кол Никола,\nЗлатниа зв'нец сваките,\nДвете са мрежи попове,\nШтото штат да ви венчејат.”\nМарија мајци думаше:\n„Мамо ле, моја мајчице!\nСтара си, а безумна си,\nТи сја на с'на не сјашташ,\nАзе шта млада да умра.\nГерѓова ми е носила,\nСивиа сокол с'м азе,\nЗлатниа зв'нец твоја глас,\nДветја са мрежи попове,\nШто шта да ме опјават.”\nТа па си в'нка излезе,\nОчите да си омие.\nТо си е хвана Никола,\nТа и главата отрјаза.\nКлета и глава скачеше,\nИ јазика и думаше:\n„Мамо ле, моја мајчице!\nТи ли ми с'на не сјашташ,\nЧе ште Мариа да умре.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 287, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4076", "title": "Зборник на Миладиновци/ Калина, Јован и Стојан", "text": "Стојан на мајка думаше:\n„Проклети да са, мамо ле,\nКалините душмане\nКалините, и моите,\nЧе ми Калина клопаха,\nЧе е с'нлива дремлива,\nИ на работа ленива,\nКравите дои и дреме,\nК'штата мете и к'лне.\nМене Калини клопале,\nЧе с'м на вино пијенец\nНа вино и на ракија.”\nПобратим Еван не слуша,\nАли поиска Калина;\nИска ја, дадоха му ја.\nАс му са мамо помолих:\n„Побратиме ле Јоане!\nВикај мја девер поводник,\nКалини да деверувам\nКалини, на моето либе!”\nПослушал бе го млат Евана,\nВика го девер поводник.\nХадет им било, мамо ле,\nДевер напреди да иде,\nНевјаста да си изведе,\nМестове да и обуе.\nИ ас напреди отидох,\nНевјаста да си изведа.\nКато си вљазох вов к'шти,\nТа па си видјах Калина,\nПогрее од јасно сл'нце,\nПосвети от јасен месец.\nУстата ми cja пукнала\nНа три четири дјалове.\nПа са наведох, мамо ле,\nМестове да и обуја;\nТри капки крви капн'ха\nКалини на местовете\nИ мене на пазухите.\nАзе сја, мамо, засрамих;\nКалина хитра, разумна,\nБркна си в десни џепове,\nИзвади бјала марама,\nТа си крвите отрила ,\nКрвите от местовите,\nСтојану от пазухите.\nТа па му жал останало,\nТа е побјагнал млад Стојан,\nИ на далече забјагнал,\nПрез Дунав дури во Влашко,\nОт Калинине жалове;\nТа седја девет години,\nИ стече много имане,\nТа па накупи млат Стојан,\nСјакак'в дребен хармаган,\nТа па си дома отиде,\nПа на мајка си думаше:\n„Мамо ле, моја мајчице!\nЗдраво ли сте, живо ли сте?\nКалина поздраво ли е?\nХубава ли е невјаста?”\nМајќа Стојану думаше:\nСинко Стоене, Стоене!\nИ здраво сме, и живо сме,\nИ Калина е поздраво,\nИ хубава е невјаста,\nОт ка сја, синко, ожени\nДваш похубава стан'ла.”\nСтојан мајце си думаше:\n„Мамо ле, моја мајчице!\nИди ја викај, мамо ле,\nТа да ни доде на гости,\nХармаган да и харижа”\nМајќа Стојану думаше:\n„Синко Стоене, Стоене!\nТја у нас не ште да доде,\nОт кума не е простена,\nОт мajќa неповрната;\nНо иди, синко, ти у тјах.”\nПослуша ја бе млат Стојан,\nТа отиде у Калини.\nКалина на двор заспала,\nСитна је роса избило;\nЧуди cja, мae млат Стојан,\nКаква ли ја да ја сабуди,\nМило му да ја сабуди.\nТја сја и сама сабуди,\nТа па Стојану думаше:\n„Добрја ми доде, браче ле,\nХа да си влезем вов к'шти,\nЧе нема тука млат Јоан.”\nПа си сја влеле вов к'шти;\nГотвила, та вечерале.\nПа си остави млат Стојан\nНожове на возглавето.\nЕ! че си иде млат Еван,\nТа на портите потропа.\nА Стојан скокна, та бега,\nЗаборави си ножове\nНожове на возглавето.\nКа бе ги видјал млат Еван,\nТои Калини думаше:\nЛибе, убава Kaлино!\nЈа сја убаве премени,\nПа убаве сја натруфи,\nОблечи сукно мораво,\nВоз моравот алено,\nВоз аленото златено,\nПа налеи злата б'клица\nС това ли вино червено,\nТа накалесај, Калино,\nСичката моја роднина,\nИ мојта рода и твојта,\nТа накалесај, Калино,\nЧе си е дош'л девер ти.”\nПослушала го Калина,\nТа сја убаве премени,\nПа јузе злата б'клица,\nТа накалеса родата,\nТа им сја дошле на гости.\nИ Еван си ми думаше:\n„Дружино вјарна, зговорна!\nЊашто шта да ви попитам,\nИмам си нива зелена,\nНаучил сја е сур елен,\nНивата да ми прогазва;\nДа ли сур елен утрепа,\nИли нивата ож'на?”\nНе бе сја никој досетил,\nДосетил бе сја млат Стојан,\nТа па Јоану думаше:\n„Побратиме ле Јоане,\nАко ти елен дохожда,\nНишто ти зулум не стори,\n(На слок рогове остави)?\nБоле нивата ож'ни,\nСур елен недеј утрепва,\nАко сур елен јутрепаш,\nНаучи ште сја па други,\nНивата да ти прогазва.”\nТогава стана млат Јоан,\nТа си е фан'л Калина,\nС'с черн ја катран намаза,\nС'с бјал ја памук налепи,\nТа па ја млада запали,\nТа им е три дни светила.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0%2C_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD", "word_count": 634, "cyrillic": 0.997}
{"id": "4086", "title": "Зборник на Миладиновци/ Павел и сестра", "text": "Подцвилил Павлова коњ\nРано, рано ден недеља,\nКога зачу неговата\nНеговата стара мајка,\nA тja Павлу си говори:\n„Леле, варе, синко Павле!\nОти цвили добра коња?\nДали ти је трјава гладен?\nИли ти је вода жаден?\nИли не је зоб назобен?”\nДели Павел изговори:\n„Леле, варе, стара мамо!\nНито си је трјава гладен,\nНито си је вода жаден\nНито си је зоб назобен;\nАли цвили на пројажба,\nЧе ште Павел да cјa жени.”\nMajкa Павел му предумвит:\n„Леле, варе, синко Павле!\nHe жени сја т'з година,\nЖитото је от гљутина,\nВиното је от к'пина.”\nПавел мajкa не послуша,\nA yзe ж'лта б'клица,\nTa покани јасно сл'нце,\nЈасно сл'нце млада кума,\nЈасен месец старосватка,\nСитни ѕвезди се девери.\nСобра сја свадба гољама,\nКоњ до коњ, кола до кола,\nTa за невеста отишли.\nКога је било през море,\nПo cyx пјас'к минали;\nКога сја назад врнаха,\nМорето като дотекло,\nДорју заноси камине.\nB'cпpja cja свадба гољама,\nРазигра сја јасно сл'нце\nC позлатена патерица,\nTa cи раздели морето,\nTa минало јасно сл'нце.\nПот'нала добра коња,\nДобра коња до колена.\nКога мина јасен месец,\nTo пот'на добра коња\nДобра коња до зенгии.\nКога минаха девере,\nHa конете до седлата.\nКога мина дели Павел,\nТој пот'на до појеса.\nKoгa мина невестата,\nA тja пот'на до магдан.\nМинала свадба гољама;\nКог' отишле в черковата,\nПоповете онемеле,\nДјаконете ослепеле.\nЕдно дјаконче продума:\n„Кумове и старосвате,\nИ вие млади девере!\nПопитајте невестата,\nС'шта ли је презморјанка,\nИли с'шта погорјанка.”\nИ питаха невестата,\nHe je c'шта презморјанка,\nHa je с'шта презгорјанка,\nДели Павлу мила сестра.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BB_%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0", "word_count": 274, "cyrillic": 0.931}
{"id": "2983", "title": "Прво писмо од апостол Петар", "text": "= Глава 1 =\n14 Поздрави\n<sup>1</sup>Од Петар, апостол на Исус Христос, до луѓето одбрани од Бог што живеат во туѓина, распрснати низ Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Битинија.\n<sup>2</sup>Бог Таткото реши да ве одбере, а Неговиот Дух ве направи свети. Вие Го послушавте Исус Христос и сега сте попрскани со Неговата крв.\nВи посакувам Бог да ви биде изобилно благонаклонет и да ви дава сѐ подлабок мир.\n2 За спасението, некогаш и сега\n<sup>3</sup>Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој поттикнат од Својата огромна милост, одново нѐ роди! Сега живееме со надеж која произлезе од воскресението на Исус Христос.\n<sup>4</sup>Очекуваме наследство што не се распаѓа, неосквернето, што не венее. Тоа наследство Бог го чува за нас на небото.\n<sup>5</sup>Божјата сила ќе ве чува сѐ до последниот ден, бидејќи имате доверба во Него. Тогаш Бог јавно ќе го објави вашето спасение.\n<sup>6</sup>Затоа треба неизмерно да се радувате, макар што, ако е неопходно, уште кратко време ќе минувате низ разни маки и искушенија.\n<sup>7</sup>Преку нив се проверува вредноста на вашата вера. Дури и златото, кое е само од привремена полза, со оган се проверува. Вашата вера е многу повредна. Така, ако успешно ја поминете таа проверка, вие ќе добиете пофалба, слава и чест на денот кога Исус Христос ќе Му се открие на целиот свет.\n<sup>8</sup>Вие Го сакате Христос, иако никогаш не сте Го виделе, верувате во Него, иако не ви е пред очи. Затоа ќе се радувате со величествена радост што не може да се опише,\n<sup>9</sup>оти ќе ја постигнете целта на вашата вера - спасението на своите души.\n<sup>10</sup>Токму за ова спасение сакаа повеќе да дознаат и пророците. Тие пророкуваа за тој незаслужен подарок што требаше да дојде.\n<sup>11</sup>Се обидуваа да дознаат на кого се однесува тоа и кога ќе се случи. Духот на Христос беше во нив и им претскажуваше дека Месијата најпрво ќе страда, а потоа ќе се стекне со голема слава.\n<sup>12</sup>Ним им беше откриено дека ова нема да се случи во нивно време, и дека тие претскажуваат работи за иднината, за вас. Тие работи сега ви беа објавени преку оние што ви ја проповедаа Радосната вест, со силата на Светиот Дух испратен од небото. Дури и ангелите копнеат да проникнат во овие работи, да ги разберат.\n3 Поттик за свет живот\n<sup>13</sup>Затоа, впрегнете го својот ум, размислувајте трезвено. Сета своја надеж положете ја во благонаклоноста што ќе ви биде дадена кога ќе се врати Исус Христос!\n<sup>14</sup>Бидете Му послушни на Бог, бидејќи сте Негови деца. Немојте да им се препуштате на вашите поранешни страсти од времето кога живеевте во незнаење.\n<sup>15</sup>Напротив, бидете свети во сите свои постапки, бидејќи вие сте Божји избраници, а Тој е свет.\n<sup>16</sup>Самиот Бог во Светото Писмо ни порачува:\n<Бидете свети, затоа што Јас сум свет!“\n<sup>17</sup>Кога веќе Бога го сметате за ваш небесен Татко, Кој секого наградува или казнува според постапките, без пристрасности спрема поединци, тогаш, сѐ додека живеете како туѓинци, овде на земјава, однесувајте се со страхопочит спрема Бог.\n<sup>18</sup>Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци. Знаете дека не бевте откупени со сребреници и златници, кои се потрошни нешта,\n<sup>19</sup>туку со скапоцената крв на Христос, безгрешното, совршено Божјо Јагне.\n<sup>20</sup>Бог Него Го одбра за оваа цел уште пред создавањето на светот, но дури сега, во овие последни времиња, Го испрати на Земјата заради вас.\n<sup>21</sup>Преку Христос вие поверувавте во Бог, во Оној што Го воскресна од мртвите и Го прослави. Затоа можете со целосна доверба да ја положите својата надеж во Бог.\n<sup>22</sup>Сега, откако ѝ се покоривте на вистината, ги исчистивте своите души. Од тоа произлезе искрена, братска љубов меѓу вас. Затоа, сакајте се меѓусебно искрено и од сѐ срце.\n<sup>23</sup>Сакајте се затоа што сега сте наново родени, не од земни родители, кои би ви ја пренесле и смртта, туку од бесмртниот Родител, преку живиот и вечен Божји Збор.\n<sup>24</sup>Светото писмо вели::\n„Секој човек е како трева,\nа секоја човечка слава и убавина\nсе како цвеќе во ливада;\nтревата се суши, цвеќето венее,\n<sup>25</sup>само зборот Господов вечно ќе живее.“\nТој збор е Радосната вест што ви беше проповедана.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Затоа ослободете се од сѐ што е злобно, немојте да лажете и да лицемерите, немојте да завидувате и да клеветите.\n<sup>2</sup>Бидете како новороденчиња, секогаш жедни за чисто духовно млеко, преку кое ќе растете и ќе се спасите,\n<sup>3</sup>сега кога лично се уверивте дека Господ е добар.\n4 Скапоцен темел и света градба\n<sup>4</sup>Дојдете кај Исус Христос. Тој е Живиот Камен, Кој, навистина од луѓето беше отфрлен, но Бог го одбра и за Него е скапоцен.\n<sup>5</sup>Сега и вие, како живи камења сте вградени во еден духовен дом, за да бидете свето свештенство, да принесувате духовни жртви прифатливи за Бог, заради Исус Христос.\n<sup>6</sup>За ова во Светото Писмо Бог вели:\n„Еве, ќе поставам во Ерусалим Камен-темелник,\nодбран и скапоцен,\nкој ќе поверува во Него,\nникогаш нема да се разочара.“\n<sup>7</sup>Да, за вас што верувате:\n„Тој Камен што ѕидарите го отфрлија,\nстана камен-темелник,“ скапоцен Камен. А за оние што Го отфрлија, истиот тој камен е:\n<sup>8</sup><Камен од кој ќе се сопнуваат,\nкарпа преку која ќе паѓаат.“\nТие се сопнуваат затоа што не ја слушаат и не ја веруваат Божјата порака. Затоа таква судбина им е определена.\n<sup>9</sup>Но вие сте одбрани луѓе, царско свештенство, свет народ, луѓе што Му припаѓаат на Бог. Вие сте избрани за да им ја покажете на луѓето Божјата добрина, зашто Тој ве изведе од темнината и ве воведе во Својата прекрасна светлина.\n<sup>10</sup><Вие што порано не бевте сметани за народ,\nсега сте Божји народ;\nвие над кои немаше кој да се сожали,\nсега добивте милост од Бога.“\n5 Живејте примерно\n<sup>11</sup>Драги мои, вие сте привремени жители, туѓинци на оваа земја. Затоа ве молам да не им се препуштате на телесните страсти, зашто тие војуваат против вашите души.\n<sup>12</sup>Однесувајте се примерно спрема луѓето кои не Го познаваат Бога. Иако тие ве клеветат дека сте злосторници, кога ќе видат дека вршите добри дела, ќе Го прослават Бог во денот кога Тој ќе ги посети.\n<sup>13</sup>Заради Господ, покорувајте им се на институциите на власта: било на царот, како на врховен владетел,\n<sup>14</sup>било на управниците назначени од него. Тие се поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние што прават добро.\n<sup>15</sup>Бог сака со правење добро да ги замолкнете неоснованите обвинувања на неразумните луѓе.\n<sup>16</sup>Вие не сте робови, туку слободни луѓе, но не треба да ја користите слободата како изговор за да правите зло, туку да живеете служејќи Му на Бог.\n<sup>17</sup>Почитувајте ги сите луѓе. Сакајте ги христијаните, имајте страхопочит спрема Бог и почитувајте ја власта.\n6 Христос и Неговото страдање нека ви бидат пример\n<sup>18</sup>Слуги, покорувајте им се со страхопочит на вашите господари, не само на оние што се добри и кротки, туку и на оние што се сурови.\n<sup>19</sup>Вредно е во Божјите очи ако од обѕири спрема Него трпеливо поднесувате страдања на кои сте неправедно изложени.\n<sup>20</sup>Инаку, зар би било за пофалба, ако трпите заслужена казна!? Но ако правите добро, а сепак страдате, тоа е вредно во Божји очи.\n<sup>21</sup>Токму заради ова Бог и ве одбра. Христос страдаше за вас и ви даде пример што треба да го следите.\n<sup>22</sup><Грев Тој не направи,\nлага не изусти.“\n<sup>23</sup>Кога Го навредуваа,\nТој не им возвраќаше со навреди.\nКога страдаше,\nТој не се закануваше,\nтуку се препушти во рацете на Бог,\nКој суди праведно.\n<sup>24</sup>Ги зеде нашите гревови\nврз себе, на крстот, за да бидеме,\nмртви за гревот,\nда почнеме да живееме за праведноста.\nТој доби рани за да бидете вие здрави.\n<sup>25</sup>Талкавте како залутани овци.\nНо сега се вративте кај Пастирот,\nкај Оној што се грижи за вашите души.\n= Глава 3 =\n7 За сопругите\n<sup>1</sup>Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови. Ќе ги придобиете\n<sup>2</sup>преку вашето непорочно и побожно поведение.\n<sup>3</sup>Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки.\n<sup>4</sup>Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог.\n<sup>5</sup>Така во минатото се украсуваа светите жени. Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи.\n<sup>6</sup>Така Сара му се покоруваше на Авраам, нарекувајќи го свој господар. Вие сте сега нејзини ќерки, и ако го правите тоа што е правилно, од ништо не треба да се плашите.\n8 За сопрузите\n<sup>7</sup>Вие, мажите треба да бидете внимателни спрема своите сопруги. Тие не се толку силни како што сте вие. Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок - вечниот живот. Само така вашите молитви нема да бидат попречувани.\n9 За сите христијани\n<sup>8</sup>На крајот, како заклучок, сите бидете сложни, сочувствителни еден спрема друг, сакајте се, бидете љубезни и понизни.\n<sup>9</sup>Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакајте им добро. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов.\n<sup>10</sup><Човек што си го сака животот\nи сака да доживее многубројни и среќни дни,\nнека си го варди јазикот од зла дума\nи усните од лага,\n<sup>11</sup>Од злото настрана нека се држи\nдобро нека прави,\nкон мир нека се стреми\nи за мир нека работи.\n<sup>12</sup>А Господ бдее над праведниците\nи благонаклоно им ги слуша молитвите,\nдодека спрема оние што вршат зло\nГоспод го упатува Својот прекорен поглед.“\n10 Кога страдате неправедно\n<sup>13</sup>Ако ревносно правите добро, кој да ви напакости?\n<sup>14</sup>Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди. Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството.\n<sup>15</sup>Почитувајте Го Христос од сѐ срце, како свој Господ. Бидете секогаш подготвени да му одговорите на секој што ќе ве праша за вашата христијанска вера.\n<sup>16</sup>Одговарајте им на луѓето кротко и со страхопочит. Вашата совест треба да биде чиста. Тогаш оние што зборуваат против вас ќе бидат посрамени од вашето добро поведение, какво што и му прилега на еден следбеник на Христос.\n<sup>17</sup>Па ако Бог допушти и да страдате, подобро е да страдате поради тоа што вршите добро, отколку да страдате поради зли дела.\n<sup>18</sup>Па и Христос пострада,\nкога умре за нашите гревови,\nеднаш за секогаш.\nТој беше безгрешен, но умре за нас грешните,\nза да нѐ врати кај Бог.\nТелесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа.\n<sup>19</sup>Тој отиде да им проповеда на духовите што лежат в затвор,\n<sup>20</sup>на оние што долго време во минатото беа непокорни, а Бог трпеливо ги чекаше, на оние што изгинаа во времето на Ное. Тогаш беше направен ковчегот во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија од смрт преку водата.\n<sup>21</sup>Таа симболика го претставува крштавањето со кое сега сте спасени. Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест. Тоа е сега можно затоа што Исус Христос воскресна.\n<sup>22</sup>Сега Христос е на небото и седи на почесно место - од десната страна на Бог. Сите ангели, власти и сили се под Негова контрола.\n= Глава 4 =\n11 Поттик на свет живот\n<sup>1</sup>Кога Христос, додека беше овде на земјата, страдаше, и вие треба да бидете подготвени да страдате. Кога човек ќе умре, престанува да греши.\n<sup>2</sup>Ако „умревте“ со Христос, вие веќе нема да живеете водени од вашите телесни страсти, туку во текот на вашиот овоземен живот ќе ја исполнувате Божјата волја.\n<sup>3</sup>Доволно време потрошивте учествувајќи во она во што уживаат паганите: во неморал, незауздана похота, опивање, гозби, пијанки и одвратно идолопоклонство.\n<sup>4</sup>Вашите поранешни пријатели се чудат што вие не сте веќе со нив во тоа море од расипаност, па затоа зборуваат против вас.\n<sup>5</sup>Но тие ќе полагаат сметка пред Бог, Кој веќе е подготвен да им суди и на живите и на мртвите.\n<sup>6</sup>Токму заради ова, Радосната вест им беше проповедана и на оние што починаа. Иако телесно беа казнети со смрт, тие ќе живеат духовно, како што и Бог живее како дух.\n<sup>7</sup>Крајот е близу. Затоа бидете трезвени и ревносно молете се,\n<sup>8</sup>а најмногу од сѐ, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови.\n<sup>9</sup>Бидете гостољубиви еден спрема друг, без да негодувате.\n<sup>10</sup>Секој, согласно со дарбите што ги има, нека им служи на другите. На тој начин ќе докажете дека добро управувате со дарбите што ги дава Бог, дарежливо и разновидно.\n<sup>11</sup>Ако е некој добар говорник, нека ја проповеда Божјата порака. Ако некој има дарба да им помага на луѓето, нека го прави тоа со силата што му ја дава Бог. Сѐ треба да се прави така што да Му се оддава слава на Бог, преку Исус Христос, на Кого Му припаѓаат славата и власта во вечни времиња. Амин.\n12 Бидете пример и кога страдате\n<sup>12</sup>Драги мои, нека не ве изненадува фактот што минувате низ огнени искушенија, небаре нешто неочекувано ви се случува!\n<sup>13</sup>Радувајте се што преку страдањата се поистоветувате со Христос. Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.\n<sup>14</sup>Ако ве навредуваат поради тоа што сте Христови следбеници, тоа треба да ве радува! Тоа е доказ дека величествениот Божји Дух е во вас.\n<sup>15</sup>Срамота е ако некој од вас биде казнет за убиство, за кражба, за злосторство или за правење сплетки,\n<sup>16</sup>но ако страдате поради тоа што сте христијани, немојте да се срамите. Напротив, бидете Му благодарни на Бог што го носите Христовото име!\n<sup>17</sup>Бог веќе почна да суди и тоа најпрво меѓу Своите следбеници. Ако ние, христијаните сме судени, каков ли ќе им биде крајот на оние што ѝ се противат на Божјата Радосна вест!?\n<sup>18</sup><Ако праведните одвај се спасуваат,\nшто ли ќе биде со безбожните и грешните!?“\n<sup>19</sup>Заради тоа, оние што страдаат извршувајќи ја Божјата волја, нека Му ги доверат своите души на својот Творец, Кој никогаш не изневерува, и нека продолжат да прават добро.\n= Глава 5 =\n13 Совети за црковните пастори и за младите луѓе\n<sup>1</sup>Сакам да ги охрабрам црковните старешини. И јас сум старешина, сведок на страдањето на Христос и знам дека кога повторно ќе дојде и мене ќе ме огрее Неговата слава.\n<sup>2</sup>Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени. Правете го тоа од сѐ срце, а не безволно. Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба.\n<sup>3</sup>Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.\n<sup>4</sup>А кога ќе дојде Христос, Врховниот Пастир, вие ќе добиете венец што никогаш не свенува - божествена слава.\n<sup>5</sup>Вие што сте помлади, слушајте ги старешините. Всушност, сите треба понизно да си помагате еден на друг, зашто:\n„Бог на горделивите им се противставува,\nа спрема понизните е благонаклонет.“\n<sup>6</sup>Бидете понизни пред Божјата моќна рака, за Бог да ве воздигне кога за тоа ќе дојде време.\n<sup>7</sup>Сѐ што ве вознемирува препуштете Му го Нему. Тој се грижи за вас.\n<sup>8</sup>Бидете трезвени и постојано на штрек! Внимавајте! Вашиот непријател, ѓаволот, како разјарен лав обиколува и си бара жртва за растргнување.\n<sup>9</sup>Спротивете му се, без да се колебате во верата. Вие знаете дека христијаните во целиот свет минуваат низ истите страдања!\n<sup>10</sup>Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава. Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи.\n<sup>11</sup>Тој владее над сѐ, сега и за вечни времиња. Амин.\n14 Поздрави\n<sup>12</sup>Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност.\n<sup>13</sup>Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим.\nВе поздравува и Марко. Тој ми е како син.\n<sup>14</sup>Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов.\nНа сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. (Амин.)", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80", "word_count": 2518, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4092", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и сестра шенгјуфа", "text": "Фатиле ми го Стојана,\nДренополските сејмени\nИ Дренополсккте л'гои,\nВ темен го з'ндан фарлие.\nНишто ми глоба нejќeлe,\nЗа два шиника карагрош\nИ три шиника алтани,\nHишто cи Стојан немаше,\nГлаата да си откупит,\nС'д' една сестра Шенгјуфа.\nПрошетала ми Шенгјуфа\nНиз Дренополски чаршии,\nНиз трномечки л'го'и;\nЦрни си очи продаат,\nБело си лице заложвит.\nПрво си очи продаат,\nЗа три шиници дукати,\nБело си лице продаат\nЗа два шиници карагрош;\nТуку да брата откупит\nОт пуста, темна з'ндана.\nНикој не ми cе најмело,\nНајме се ж'лта Еврејка;\nТога је велит Шенгјуфе:\n„Шенгјуфе моме, Шенгјуфе!\nЈас ке те тебе опитам,\nАљ је убаф брат ти как тебе,\nЈа да го нeго откупам\nОт пуста, темна з'ндана?”\nТога је велит Шенгјуфа:\n„Егиди ж'лта Еврејке!\nПоубаф брат ми oд мене.”\n„Ко' је поубаф от тебе,\nАј да мy речиш брату ти,\nД' остаит вера крстена,\nКрстена вера на з'ндан,\nДа вервит вера чифутска,\nЈас да гo нero откупам\nOт таа темна з'ндана.”\nИ ми отиде Шенгјуфа:\n„Брате ле, мило брате ле!\nСегде, си, брате, изшетаф\nЧаршии пo л'гои,\nЦрни си очи заложвеф,\nБело си лице продааф\nТук' да те, брате, откупам.\nHикoj нe ми cе најмело,\nНајме cc ж'лта Еврејка,\nТаја ме, брате, опита\nАљ је убав брат ти как тебе,\nЈа, брате, прау је казаф,\nОт си поубаф от мене;\nТаја ми мене нар'ча,\nАјде речи му брата ти,\nД' остаит вера на з'ндан\nД' остаит вера крстена,\nДа' вервит вера чифутска.”\nБрат је од з'ндан зборвеше:\n„Шенгјуфд, сестро рогено!\nКоски пo з'ндан ке остаам,\nВерата не ја остаам,\nГo дочу млади з'нданџи,\nОтиде дур' при владика,\nКазало му за Стојана:\n„Егиди чесен владико!\nЈа да ти кажа, прикажа,\nЗа лудо младо Стејана,\nШто је во з'ндан фрлено,\nШто имат сестра Шенгјуфа.\nСегде си таа шетала,\nЦрни си очи заложвит,\nБело си лице продаат,\nТуку да брата откупит\nОт пуста, темна з'ндана.\nНикој не ми се најмело,\nНајме се ж'лта Еврејка,\nСтојану што мy пуштила,\nД' остаит вера крстена,\nДа вервит вера чифутска,\nОт з'ндан да го откупит.\nИ ми си дојде Шенгјуфа,\nHa тaja темна з'ндана,\nИ му кажвеше брату си.\nСтојан је рече сестре си\nКоски во з'ндан ке остаам,\nБерата не ја остаам.”\nТога ми вели владика:\n„Егиди млади з'нданџи!\nАј донеси го Стојана,\nАј викни млада бербера,\nАј викни млади терзии.”\nСтојана го извадие,\nБело мy лице измие;\nИ си викнее терзии,\nБело му pyo кpojee.\nИ ја викнее Шенгјуфа\n„Егиди млада Шенгјуфо!\nАли ја знаиш Еврејка,\nHa кoja ст'рна седеше?”\nТога му зборвит Шенгјуфа:\n„Арно ја неа паметва\nHa кoja ст'рна седеше.”\nИ ми пуштие елчии,\nКренеа ж'лта Еврејка,\nJa донесое пpu владика,\nЕврејка ми ја крстие,\nСтојану му ја венчае,\nЗ'нданот мy го простие.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0_%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B3%D1%98%D1%83%D1%84%D0%B0", "word_count": 478, "cyrillic": 0.987}
{"id": "4084", "title": "Зборник на Миладиновци/ Тодор и мајка му", "text": "Маре Тодоре, Тодоре!\nЕано е ранил млат Тодар\nB хубава света недеља,\nTa черква мете и пee,\nС'с китка зелен босилек,\nA книже чете и плаче.\nС'гледала га снаха мy,\nTa нa Тодора думаше:\n„Кажи ми, брате Тодоре,\nШто книга храниш в недеља,\nЧеркова метеш и пееш,\nКнигата четеш и плачеш?\nШто ми сја в книга находи?\nДели ште да е морија,\nИли па пуста ск'пија?”\nТодор си стрини говори:\n„Стринко лe, мajќa да ми си,\nДа кажа, да т' не л'жа,\nШто книга гледам и плачам.\nМене cјa в книга находи,\nAз шта cи млада загина\nОт мила мајка рождена,\nОт прво либе Петкана.\nAз шта да стана, да бјагам,\nTa шта си ида далече,\nЗа мама не шта да питам,\nНито шта абер да прата,\nДан' ма разбира мајќа ми.”\nTa пa je Тодор побјагнал,\nTa je пpeз Дунав преминал,\nTa je во Влашко отишол,\nTa седе девет години.\nТодору господ помогнал,\nПa стана чутен џелепин,\nTa собра стока гољама,\nДевет cjypи рудници,\nСјурија сиви говеда,\nИ девет в'кли овнове,\nНаглави Тодор овчере,\nОвчере и говедаре,\nTa пa ги подир покарал\nК'м негов долен вилејат.\nДошле cјa доле под село\nВо зеленото ливаде.\nТодор си стоката воспрја,\nИ на дружина нарача:\n„Овчаре и говедаре!\nПолека стадо карајте,\nАзе шта ида напреди,\nДа ви приготва заере\nHa сиво стадо гољамо.”\nTa пa cи Тодор отиде,\nTa cи потропал нa врата\nИзљаља беше Петкана\nТодоровата невјаста.\nТодор невести говори:\n„Мома хубава, невјасто!\nИмали конак за мене,\nЧе карам хазна гољама,\nHe смеја на к'р да преспа.”\nПознала бе го Петкана,\nТодоровата невјаста,\nПa нa п'тникаa говори:\n„П'тниче, младо друмниче!\nAз имам стара свекрва,\nДа ида, да је попитам.”\nрекла млада Петкана:\n„Мила ле мама, мајчице!\nHa порта тропа млад п'тник,\nTa пa нa Тодор прлича,\nУ назе пита за конак,\nTa кара азна голема,\nHe смеи на к'р да преспи,\nTa да не б'де млaд Тодор!”\nTa пa рекла свекрва и:\n„Мари ти курво невјасто!\nТака ште Тодор да доде?\nТој је од давна загинал,\nАми това је млад, п′тник.\nHeкa си доде у назе\nДа си опоим п'тника,\nTa да погубим млад п'тник\nда си земам имане.”\nПослушала e невјаста,\nTa e вовела млад п'тник,\nПa готви топла вечера,\nСмесили вино, ракија,\nИ седнаха да вечерат.\nТодора вино опои,\nTa легна сладко, та заспа.\nПридебила cјa мајка мy,\nTa cja над Тодор наднела,\nTa му узела ножове,\nПрободила го мajкa мy,\nСветила беше Петкана,\nТодоровата невјаста,\nКато го крви заљали,\nУплашила сја Петкана,\nTa cи свештите хварлила,\nTa пригрнала Тодора,\nTa гo в градина хварлила.\nЗакопала гo мajкa му\nB пустата тјахна градина.\nИ кога било заранта,\nHa портата ми тропат\nОвчере и говедаре –\n„Оти си Тодор не доде,\nСтоката да си настани?”\nТодору коња подцвили,\nКато цвилеше, думаше:\n„Тодор си сношти загина,\nОт мила мајка рождена.”\nТогава чула мајка мy,\nЧе је бил тој мил син Тодор.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80_%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D1%83", "word_count": 495, "cyrillic": 0.925}
{"id": "4096", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и три орли", "text": "Сама с' пушка отпела\nHa Стојанова бачија,\nTa ударила два мина,\nДва мина, две мили брате,\nСтојана и па Јована.\nЈован на место душа дал,\nСтојан је болен останал,\nTa лежи всичкото лето,\nTa cи мe видел млад Стојан\nKa cјa бачија градила,\nКа сја сирене cирилo.\nВреме је дошло, Стоене,\nБачија да cja растури,\nОвце да слазат на дома,\nHa доле к'м зимовиште.\nВелко си пита Стојана:\nСтоене, премлад кexaja!\nАми теб, маре Стоене,\nДа ли те на кон качиме,\nTa дома да та караме,\nИл да тја тука оставим,\nTa да ни чуваш бачија,\nБачија за до година?”\nСтојан cи Велку говори:\n,,Велко премлад одаџија,\nОдаџија, караколучи!\nHe с'м тја главил, Велко ле,\nБолни, болници да караш\nДа караш, Велко, да гледаш;\nH' т' с'м главил, Велко ле,\nСтока ми, Велко, да гледаш,\nКонете, Велко, овцете.\nАзе шта тука да седа,\nТебе шта да си зар'чам,\nТешка одаа да свалиш,\nДа слезеш доле во поле,\nТи запри тешка одаа;\nHa коне звонци да свалиш,\nHa коне, Велко, на овце;\nЧе като че зв'нтат,\nTo ycилно ми доходи.”\nПослушал Велко Стојана.\nTa свали тешка одаја,\nСлезоха доле во полe,\nТој запра тешка одаја,\nСвали нa коне зв'нците,\nHa овци зв'нци осваља.\nКога сја назат обрна,\nНад Стојана сја виеха\nТри opли, три мили брате.\nA Стојaн им cja молил:\n,,Три орли, брате да ми сте,\nПовдигнете сja понагоре,\nДо де ми душа излезе,\nПа тогава паднете,\nБело cјa месо најеште,\nЧерни cja крви напијте;\nДесна ми р'ка не јеште.\nНа, ево уста земете,\nЗаран је света недеља,\nРада ште рано да рани,\nРада двора да помете,\nР'ката да ми земете,\nПрстена да ми познае.”\nТија паднаха три орли,\nTa па cјa мољат Стојану:\n„Не сме ти дошле, Стоене,\nКрвта да ти пием,\nМесата да ти једем;\nАли сме дошле, Стоене,\nПонуда да те понудим,\nЧе лежиш болен, неволен,\nНеволен всичкото лето.\nМаре знаеш ли Стоене,\nКога идеше од доле\nОд доле от зимовиште,\nПа силен пожар гореше,\nHие во пожар пиштехме,\nМ'нинки во вити гнезда;\nA ти ог'н ја погази,\nCa ни из ог'н извади,\nTa пa ни дома занесе,\nTa пa ни гледа мајка ти:\nC пресно ни мљако капеше,\nИ с метана ни мажеше,\nC черни череши ни ранеше.\nГледа ни, та ни отгледа,\nРастухме, и порастухме,\nСтанахме cилни jyнаци.”\nТогава подумал Стојан:\n„Три орли, брате да ми сте,\nНали сте дошле три орли\nПонуда да ме понудите;\nДоштало ми cja, три opли,\nЕдренска бистра ракија,\nOт Трон тронски стафиди,\nОт Бјалео-града бјал симит.”\nTиa фркнале три орли,\nTa пa три стр'ни разнело,\nИ се во уста донеле,\nTa понудиле млад Стојан,\nTa cи ми Стојан оздравил.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B8_%D0%BE%D1%80%D0%BB%D0%B8", "word_count": 454, "cyrillic": 0.934}
{"id": "4098", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марија и Ралин харен јунак", "text": "Хеј Марио, гизд'ава девојко!\nШто е љапо поле харбанашко\nХарбанашко поле и јунашко!\nНиде дрво, ни дребно камене,\nТоко един зелениа јавор,\nПод јавора до три реда момци,\nHa средата гиздава Марика,\nСвила преде, свилен гајтан плете,\nTa гo мјата од р'ка на р'ка,\nHa јунаци лепа песен пee:\n„Хеј јунаци, млади неженени\nНеженени млади за женене!\nКој префрли зелениа јавор,\nДа пречете листе јаворови,\nТој да земе гиздава Марика.”\nCe фарљаха, никој не префрли,\nИ четуха, никој не пречете.\nЕ че иде Ралин харен јунак,\nВеднаш фрли, јавора префрли,\nВеднаш рече, листе му пречете,\nТој си јузе гиздава Mapикa.\nМајчица си Марика плетеше,\nХем ја плете, хем Mapuкa учи:\n„Е та тебе д'штерко Марико!\nКога идеш Paлину на двори,\nТи не слазјај от добраго коња,\nH' ca клањај коњу до гривата,\nДур не прости Ралин харен јунак.\nДур не прости три синџира робе\nТри синџира робе и робини\nИ два тула из темна темница.”\nПослушала Мариќа мajќa си,\nКога била Ралину на двори,\nТја не слази од добраго коња.\nЕ че иде Ралин харен јунак,\nHa Mapиќa тихом одговарја:\n„От кон слезни, гиздава Марико,\nОт кон слезни, хајде в к'шти влезни!”\nМарика му ништо не говори,\nH' cja клања коњу до гривата.\nЕ че иди Ралинов баштица\nВ р'ка носи тасче позлатено,\nП'лно равно с'с ж'лти ж'лтици,\nHa Марика тихом одговарја:\n„От кон слезни, гиздава Марико,\nОт кон слезни, хајде в к'шти влезни!”\nЧестита ти к'шта хиледарка,\nИ честит ти тахче позлатено,\nП'лно равно с'с ж'лти ж'лтици.”\nA тja cи му ништо не говори,\nH' ca клања коњу до гривата.\nИ че иде Ралин харен јунак,\nHa Mapикa тихом одговарја:\n„От кон слезни, гиздава Марико,\nОт кон слези, хајде в к'шти влези!\nЧе видиш ли мојта остра сабља?”\nОдговарја гиздава Mapикa:\n„Е ти сабља, с ти руса глава;\nАз не слаза од добраго коња,\nДур не простиш три синџира робе\nТри синџира робе и робини,\nИ два тула из темна темница.”\nОдговарја Ралин харен јунак.\nПрости да са три синџира робе\nИ два тула из темна темница.”\nТја тогава от кон отседнала,\nОт кон слезе и вов к'шти влезе.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D0%A0%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BD_%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD_%D1%98%D1%83%D0%BD%D0%B0%D0%BA", "word_count": 368, "cyrillic": 0.962}
{"id": "4094", "title": "Зборник на Миладиновци/ Сирак Кољо и Кољовица", "text": "Ај ти Кољо, сирак Кољо!\nСакал Кољо да се женит,\nПара немат ни црвена,\nАспра немат половница.\nCи сиуми сирак Кољо\nКак да чинит, как да прави,\nПусто азно cи доврши.\nКа отиде град Солуна\nСолунските и чаршии\nЧифутите, сарафите,\nЗаборчи се сирак Кољо,\nHa шec места пo иљада,\nHa десето пo стотина,\nПo стотина карагроша.\nHa собота свадба чини,\nНедељата донесует\nДонесует неестата.\nПонеделник му стигнае\nЧифутите, сарафите:\n„Дај ни, Кољо, наша стока,\nHa шес места пo иљада,\nHa десето пo стотина\nПo стотина карагроша!”\nCи ce уми сирак Кољо,\nПара нема ни црвена,\nОтговори сирак Кољо:\n„Бре невесто Кољовице;\nПромени се, наружи се\nKaj невеста што си дошла,\nКе т' извадам грат Солуна\nДа ти личаи, да ти продам,\nДа платам на Чифутите.”\nCи ja фати за р'ката,\nCи ja нocи грат Солуна,\n-Да ми тури три тељали,\nДа ми личи пo Солуна\nПo Солуна, и чаршии.\nМили боже, сполај тебе!\nКај излезе баздриѓанче:\n„Ај ти Кољо, сирак Кољо!\nДал продаваш невестата?”\n„Е продавам цена сакам,\nHa шес места пo иљада\nHa десета пo стотина\nПo стотина карагроша.”\nКај извади кемер кесе,\nДа мy броит дробно азно,\nHe стигнае четирдесет,\nЧетирдесет карагроша.\nМили боже сполај тебе!\nДека стигна кир Маноли:\n„Ај ти Кољо, сирак Кољо!\nHe продаваш невестата\nНевестата вересиа?”\nКај извади кемер кесе\nДа му броит дробно азно\nHa шест место пo хиљада,\nHa десета пo стотина,\nПо стотина карагроша.\nCи e фати за р'ката\nCи e носит под Солуна,\nСолунските и чаири\nЧаирите, чадирите.\nКа покани и попови\nИ попови и владици\nДа се венчат сo невеста.\nДека стигна диво пиле,\nMy кондиса врф чадорот,\nПесна пеит гласовита\nГласовита, жаљовита:\n„Дек' се чуло и видело\nБрат и сестра да си земит!”\nКа' је чул'о кир Манолче:\n„Бре невесто Кољовице,\nДали имаш некој брате?”\nЈа си има едно брате,\nШто гo викат кир Манолче.\nДесна нога белек носит,\nБелек носи до шес прсти;\nОт малечки сме оделени\nИ от мајка, и от татко.”\nОтговори кир Манолче:\n„Бре невесто Кољовице:\nПретегни ми десна чизма!”\nКа претегна десна чизма,\nHa истина белек носит\nБелек носит до шест прсти.\nC' испознае брат и сестра,\nCe грабнае с' целивае.\nОтговори кир Манолче:\n„Ај ти Кољо, сирак Кољо!\nHa ти, Кољо, невестата,\nАлал тебе мое азно.”\nИ му даде уште триста\nУште триста карагроша:\n,,Ha! Eлено, мoja сестро,\nДа cи јадиш, моја сестро,\nДури жива да ми бидиш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BA_%D0%9A%D0%BE%D1%99%D0%BE_%D0%B8_%D0%9A%D0%BE%D1%99%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 400, "cyrillic": 0.943}
{"id": "4090", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан, невеста и Турче потурјаче", "text": "„Море Димче протуѓарче!\nОдај викaj сељаните,\nДа фарлает тежок дефтер,\nКому двесте, кому триста,\nA Стојану три шиници,\nТри шиници ж'лти дукат,\nЗашто имат арна жена.”\nCe зачуди кутар Стојан,\nШто да чинит, как да чинит,\nC' ошто дефтер да се платит!\nИмал девет воденици\nИ десета ваљаица,\nСите сакал да продаит,\nИ пак дефтер не се плашта.\nГо догледа Стојаница\nК'де жаљат, к'де плачит;\nИ му рече Стојаница:\n„А Стојане, a стопане!\nШто си толку ужаљано\nУжаљано, уплакано?”\nТога велит кутар Стојан:\n„Стојанице, a неесто!\nКак да не сум ужаљано,\nУжаљано, уплакано?\nШто фарлиле тешки дефтер\nКому двесте, кому триста,\nС'де мене три шиници;\nСешто имам да продаам\nСите девет водеинци,\nИ десета ваљаица\nИ пак дефтер не се плаштат.”\nТога велит Стојаница:\n„А Стојане господине!\nНишто ти да не продаиш,\nС'де мене продаи ме,\nДа си платиш тешки дефтер.”\nИ си стана кутар Стојан,\nЈа промена, ја наружи\nCo cи негоо м'шко дете.\nНикој ми се наемаше,\nДа ја купит Стојаница ;\nНајмело се едно Турче\nЕдно Турче потурјаче.\nHe му даде три шиници,\nТук му даде пет шининици,\nТри шиници ж'лти дукат,\nДва шиника бел карагрош,\nИ му врати м'шко дете.\nИ ја зеде Стојаница,\nТурче дома јa однесе,\nCи легнало да поспиет;\nИ му дојде едно пиле\nЕдно пиле на пенџери,\nПиле му се запеало:\n„Ај ти Турче, потурјаче!\nАрно сон те уварело,\nТебе не те угрешило.\nКе' се чуло и видело\nБрат и сестра да се зеет!”\nТурче ми се заслушало;\nТога зборвит младо Турче:\n„А егиди Стојанице,\nСтојанице, бре неесто!\nТебе ке те разопита\nМене прау да ми кажиш;\nСлушаш пиле к'де пеит?\nГолем абер ни донесе,\nАљ је пиле от вистинско,\nАљ је пиле на страмота?\nАли знаиш, аљ паметвиш\nКога бефме малечкаи,\nАљ с' имала мило брате?”\nToга зборвит Стојаница:\n„Ајти Турче потурјаче!\nКога бефме малечкаи,\nCи имафме стара мајка\nСтара мајка, мили татко,\nИ си имаф едно брате.\nMи помина плен пo земи,\nНас не робја поление,\nБрата Турци гo зедое,\nК'де с'нце ми заодвит,\nA мене ме однесое,\nК'де с'нце ми угревит,\nТатка ни гo загубие,\nМајка ни ja заљубие.\nЈас си растеф, си порастиф,\nСтојан јунак ме откупил,\nИ ме зеде за нееста.\nБог и убил сељаните!\nТежок дефтер му фарлие,\nТри шиници ж'лти дукат.”\nТога Турче је зборвеше:\n„Стојанице, бре неесто!\nДа гo видиш твојто брата\nДан' от негде го познааш?”\n„Ајти Турче потурјаче!\nДа гo видам го познаам,\nОт негоо десно рамо.\nКога беше малечкоо,\nМајка ми го нишандиса,\nДесно рамо крст ми имат.”\n„Стојанице бре неесто\nВиди ми гo десно рамо!”\nСтојаница се oпули,\nMy гo виде десно рамо,\nИ се спушти го прегушна:\n„А егиди мило брате\nМило брате Костадине!”\nИ тој тога отгоори:\n„Ајти сестро Ангелино!\nКако оба се барафме,\nТака си се задружифме,\nOт' сме биле брат и сестра.”\nШто си зеде уште дукат,\nCи ja зеде Стојаница,\nТурче викат от далеку.\n„Ја излези, млат Стојане.”\nСтојан ми сe уплашило\nУплашило, устрашило:\n„Леле, леле ја сиромаф!\nЕљ нееста ја прежаљах,\nАми ceгa што ке чина,\nК'де пари ке и најда,\nНазот Турче да и врата!”\nТурчето му велеше:\n,,He плаши сe, не страши сe,\nHe ти сака ж'лти дукат,\nУште толку тук ти носам,\nИ нееста твоја да је,\nОт сме биле брат и сестра.”\nТога Стојан cе поврати,\nГo пречека с' избацие,\nГолем радос си сторие.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%2C_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%B8_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%83%D1%80%D1%98%D0%B0%D1%87%D0%B5", "word_count": 570, "cyrillic": 0.977}
{"id": "4100", "title": "Зборник на Миладиновци/ Седум кралеви шетает земја по краина", "text": "Седнале ми до седум кралеи\nСеднале ми на ладна меана,\nЈадет, пијет мушафере чинет,\nДа шетает земја пo краина.\nИ им велит Секула Детенце;\n„Ти се моља, вујко, да ме зеиш,\nДа шетаме земја пo краина,\nДа шетаме земја Караблашка,\nДа шетаме земја Арбанешка,\nДа шетаме земја Ингилеска,\nДа шетаме земја Арапинска,\nДа шетаме земја Туратинска.”\nТога велит Марко Кралевике:\n„Јас те зема, синко, да шетаме,\nАма тамо, синко, ми je лошо;\nТамо нелмат ни вода студена,\nТамо немат ни вода студена,\nДа седниме да се оладиме.\nТамо имат бунар баталиа,\nН'тре имат змиа тројноглаа,\nШто да влезит се си гo изедвит,\nНикому вода таа не даат.”\nТога велит Секула Детенце:\n„Земајте ме, вујка, ја да идам!”\nГо зедое Секула Детенце,\nОтидое земја да шетает\nДа шетает земја пo краина.\nMи појдое во гора зелена,\nMи најдое бунар баталиа,\nИ ним им се студна вода спило.\nТага велит лудечек Секула;\n„Ај ви вие до седум кралеи!\nСопашите свилени појаси,\nВрзете ме преку полоина,\nПуштете ме в бунар баталиа,\nДа нацрпа една студна вода.”\nСопасае свилени појаси,\nГо врзае преку полоина,\nMy дадое зелена маштрапа,\nГо пуштиа в бунар баталиа,\nMи нацрпи една студна вода,\nИ му даде прво на вујка му.\nСедум п'ти в бунар го пуштие,\nCe нaпиe до седум кралеи.\nПосле влезе сам да се напиет.\nЗмиа беше мошне разоспана,\nСедум п'ти дете не го узна;\nКолку само да cи ce напиет,\nТога ми се змиа разбудила,\nMи ro фати лудечек Секула\nMи гo лапна дури до колена,\nA ушт' еднош дури до појаса,\nТога викна Секула Детенце:\n„Леле вујко, леле мили вујко!\nПодајте ми моја остра сабја,\nДа пресечам змиа тројноглаа!”\nMy дадое негва остра сабја.\nМавна дете змиа да пресечит,\nНe пресече змиа тројноглаа,\nТук пресече свилени појаси;\nMи пропадна в бунар баталиа.\nТога велит лудечек Секула:\n„Ајви вие до седум кралеи!\nОдајте си, мене не чекајте;\nОстајте моја брза коња,\nКако мене змиа ке ме јадит,\nТака нeгo opли да го јадет.”\nCи тргнае до седум кралеи,\nОстаие негоа брза коња.\nКоња 'ржит во гора се слушат,\nГлас му оит три девет планиња,\nТамо имат до три вити ора;\nОра беа с'де Самовилски,\nНапред беше Ѓурѓа Самовила,\nДо неа Ерина Самовила;\nTиe му се верни посестрими.\nГлас ми слушат Ѓурѓа Самовила,\n„Негде 'ржит коња Секулоа,\nИ пушти Epина Самовила.\nTa ce свила, како бело платно,\nMи отиде во гора зелена,\nMи ja најде коња Секулоа;\nMи викна Ерина Самовила;\n„Пушти, пушти змиа тројноглаа,\nПушти ми го лудечек Секула,\nТој ми је мое мило брате;\nДа не дојдит Ѓурѓа Самовила,\nДа ти сторит чудо и големо!”\nТога викат змиа тројноглаа:\n„Бегај, бегај Ерино Самовило!\nСега сум се месо изнајала,\nТ'ва го бараф и таа го најдоф.”\nCи ce свила како бело платно,\nИ ми појде назод ке што беше,\nИ је велит Ѓурѓе Самовиле:\n„Ај ти тебе моја мила сестро!\nСтраф ми немат змиа тројноглаа,\nHe гo пуштат наше мило брате.”\nMи ce свила Ѓурѓа Самовила\nMи ce свила како бело платно,\nTa ми појде во гора зелена,\nИ седна на бунар баталиа:\n„Пушти, пушти змиa тројноглаа,\nПyшти ми го мое мило брате!\nАк' ти влеза надвор ке т' истаа,\nAк' je бунар триста с'жни глобок.”\nЗмиа велит „не моиш да влезиш.”\nMи ce свила како бело платно,\nTa je влезе в бунар баталиа,\nMи гo фати лудечек Секула\nMи гo фати за тонки рамена,\nMи гo тргна надвор сo се змиа.\nТога велит Ѓурѓа Самовила:\n„Ајти тебе змиа тројноглаа,\nКак се јадит мое мил брате!\nMy je сестра Ѓурѓа Самовила,\nMy je сестра Ерина Самовила!”\nMи изваи сабја дипленица,\nЈе исече змиа тројноглаа;\nГо зедое лудечек Секула,\nГо качие на брзего коња.\nИ ми jaвнa лудечек Секула,\nИ му удри ж'лта боздогана:\n„Да те вида мoja брза коња,\nДа стигниме нашата дружина.”\nВ саат и пол дружина си стигна.\nКога 'ржна коња Секулоа,\nCe обзрна Маркоата коња;\nИ ми велит Марко Кралевиќе:\n„Одај, одај моја брза коња,\nШто тук одиш, назод се обзрнвиш.”\nИ му велит Маркоа брза коња;\n„Ајти тебе Марко, мој стопане!\nКоња 'ржит от наша дружина,\nHe пристигна лудечек Секула.”\nИ му велит Марко Кралевиќе;\n„Ај ти тебе моја брза коња!\nСекула је в бунар баталиа;\nДан' ти удра ж'лта боздогана!”\nОдее, одее, малу до полп'ти,\nПак ми зборви Маркоа брза коња:\n„Ај ти тебе Марко, мој стопане!\nОбзрни се зад себе, зад коња,\nОти идет лудечек Секула.”\n„Ке ти удра ж'лта боздогана,\nКе ти удра меѓу црни очи.”\nПак мy велит негоа брза коња:\n„К'де сакаш тука да ме удриш,\nОбзрни се назод да ro видиш.”\nCe обзрна Марко Кралевике,\nCи гo виде лудечек Секула;\nКоња јаат, како да ми летат.\nИ им велит Марко Кралевиќе:\n„Еј ви вие до седум кралеи!\nЈа видите чудо и големо,\nHe пристигна лудечек Секула\nКак ке бидит, како куртулиса!”\nИ стигнае, и се избацие,\nC' избацие, и cc опитае,\nИ им каза унери големи,\nШто напраи негоата сестра,\nНегва сестра Ѓурѓа Самовила.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BC_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%B5%D1%82_%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D0%BE_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 829, "cyrillic": 0.964}
{"id": "4014", "title": "Сл. весник / РМ / 2010 / 67 - Закон за семејството (Изменување и дополнување)", "text": "Во Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија” број 80/92, 9/96, 38/2004, 33/2006 и 84/2008), во членот 27 став 1 по зборот “брак” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината што тој ќе го определи”.\nВо членот 29 став 3 по зборот “Откако” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината”.\nВо ставот 4 во четвртиот ред по зборот “другари” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината”.\nВо ставот 6 по зборот “другари” се додаваат зборовите: “членот на советот на општината”.\nВо членот 94-з став 2 по зборот “работа” се додава запирка и зборовите: “односно жртвата на семејното насилство”.\nВо членот 97-а став 1 зборот “пет” се заменува со бројот “15”.\nПо ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:\n„Комисијата од ставот 1 на овој член, работи во состав од пет члена кои се избираат на денот на одржувањето на секоја седница по електронски пат од сите членови на Комисијата.”\nСтавот 2 кој станува став 3 се менува и гласи:\n„Член на Комисијата може да биде лице кое има високо образование и работно искуство од најмалку пет години во областа. “\nВо ставот 3 кој станува став 4 точката на крајот на реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “кои работното искуство го стекнале во областа“.\nВо ставот 4 кој станува став 5 зборот “пет” се заменува со зборот “две”.\nСтавот 6 кој станува став 7 се менува и гласи:\n„Претседателот на Комисијата се избира од членовите на Комисијата по електронски пат на денот на одржување на секоја седница.”\nСтавовите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 стануваат ставови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10.\nНасловот пред членот 100-а се менува и гласи: \"Услови и критериуми за посвојување\".\nВо членот 100-а по ставот 4 се додаваaт два нови става 5 и 6, кои гласат:\n\"Изборот на посвоителот ќе зависи од следниве критериуми:\n:* здравствена состојба,\n:* психосоцијален статус,\n:* материјални услови,\n:* станбени услови,\n:* време на чекање,\n:* степен на образование,\n:* брачен статус и\n:* државјанство.\nПоблиските критериуми за избор на посвоител од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот за труд и социјална политика.\"\nПо членот 101 се додава нов член 101-а, кој гласи:\n“Член 101-а Кога детето го посвојува сродник кој не е наведен во членoт 101 од овој закон и кој не живее на територијата на Република Македонија, детето може да биде посвоено до наполнување на 12 години од животот на детето.“\nВо членот 103 став 4 по зборот “дете” се додаваат зборовите: “кое е”, по зборот “семејство” се додаваат зборовите: “подолго од една година и”, а по зборот “детето” се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат.\nПо ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи: “Центарот за социјална работа, во рокот утврден во став 4 на овој член, е должен на секои два месеца, а најмалку три пати да го повика родителот да ја преземе грижата за детето.”\nСтавовите 5 и 6 стануваат ставови 6 и 7.\nВо членот 104 по ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи:\n“Ако лицето од ставот 1 на овој член, сака да посвои дете во странство, согласноста за тоа ја дава Комисијата, по предлог на центарот за социјална работа врз основа на процената за подобноста на посвоителот и за мотивите на посвојувањето, согласно со членовите 104-б и 104-в од овој закон.“\nВо членот 104-а по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:\n„Во случаите кога подносителот на барањето е странски државјанин, Комисијата го определува центарот за социјална работа кој ќе постапува по барањето.”\nСтавот 2 станува став 3.\nВо членот 104-б став 1 зборот “шест” се заменува со зборот “четири”, а зборовите: “една година” се заменуваат со зборовите: “шест месеци”.\nПо ставот 1 се додаваат три нови става 2, 3 и 4, кои гласат:\n„Кога како подносител на барањето се јавува брачниот другар на родителот на детето, периодот на континуирано следење е два месеца.\nКога како подносители на барањето се јавуваат лицата од членовите 100-б и 101-а на овој закон, покрај работите утврдени во ставот 1 на овој член, центарот за социјална работа е должен да ги утврди и причините и оправданоста на ваквото посвојување.\nВо случаите од членот 104-а став 3 на овој закон центарот за социјална работа до кого е препратено барањето, врз основа на документите, изготвува наод и мислење на стручниот тим и дава предлог за упис во регистарот на можни посвоители.”\nВо членот 104-г став 1 по зборот “тим” се додаваат зборовите: “и поединечните наоди и мислења на стручните работници”, а зборот “предлог” се заменува со зборот “предлогот”.\nВо членот 104-д став 2 по зборот “посвоители” се додаваат две точки, бројот “20” се заменува со бројот “102”, по зборот “закон “ се става запирка и се додаваат зборовите: “ако подносителот на барањето го повлече барањето, во случај на склучување на брак или престанок на бракот “.\nПо ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи:\n“Центарот за социјална работа, во рок од три дена од денот на приемот на решението од став 2 на овој член, врши архивирање на податоците за посвоителот во Програмата за избор на најсоодветен посвоител по електронски пат (во натамошниот текст: Програмата).”\nВо членот 104-ѓ по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи:\n“Центарот за социјална работа по запишување на детето во регистарот на можни посвоеници, може да даде согласност старателството за одредено дете да го врши друг центар за социјална работа. Со давање на согласноста престануваат сите права и обврски на центарот за социјална работа кој ја дал согласноста.”\nВо ставот 3 кој станува став 4 по зборот “посвоеници” се додаваат две точки, а по зборот “закон” се додава запирка и зборовите: “поради полнолетство”.\nПо ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи:\n“Центарот за социјална работа, во рок од три дена од денот на приемот на работите од ставот 4 на овој член, врши архивирање на податоците за детето во Програмата.”\nВо членот 104-з по ставот 1 се додаваат четири нови става 2, 3, 4 и 5, кои гласат:\n“Центарот за социјална работа во рок од три дена по приемот на работите од ставот 1 на овој член, врши внесување на податоците во Програмата. Податоците внесени во Програмата кои се однесуваат на личното име на посвоителот, согласно со Програмата, при изборот на најсоодветен посвоител од првите пет можни посвоители, се јавуваат како шифра.\nАко настанат промени во условите за засновање на посвојување, подносителот на барањето е должен во рок од седум дена од настанувањето на промената за тоа да го извести центарот за социјална работа со доставување на соодветен доказ.\nЦентарот за социјална работа по добивање на работите од ставот 3 на овој член, во рок од 24 часа врши внесување на промената во Програмата и веднаш за тоа ја известува Комисијата и и го препраќа оригиналот на документот врз основа на кој е извршена промената.\nВнесување на податоци во Програмата вршат службени лица на центарот за социјална работа овластени од лицето кое раководи со центарот за социјална работа и истите одговараат за веродостојноста на внесените податоци.\nВнесување на податоци на корисниците на услугите (центри за социјална работа) или нивно архивирање, како и внесување или промени на податоците врз основа на кои се определува материјалната состојба на посвоителот во Програмата го врши администраторот во Министерството за труд и социјална политика и истиот одговара за веродостојноста на внесените податоци.”\nЧленот 104-ѕ се менува и гласи:\n“Центарот за социјална работа по приемот на работите од членот 104-з на овој закон, врши избор на најсоодветен посвоител по електронски пат и ја известува Комисијата за првите пет можни посвоители од листата на Програмата.\nПо исклучок од ставот 1 на овој член, кога како посвоители се јавуваат лицата од членовите 100-б, 100-в и 101-а на овој закон, центарот за социјална работа е должен до Комисијата да достави предлог за сместување на детето во семејството на можниот посвоител заедно со утврдените причини и оправданоста на ваквото посвојување.\nКомисијата по приемот на работите од ставот 1 на овој член врз основа на документите и од податоците во Програмата врши избор на најсоодветен посвоител. Комисијата е обврзана да даде образложение за направениот избор.\nВо случаите од ставот 2 на овој член, Комисијата не врши избор на посвоител.\nМинистерот за труд и социјална политика го пропишува начинот на избор на посвоител по електронски пат.“\nВо член 104-и во ставот 1 зборовите “копии од списите на можните посвоители и посвоеникот,” се бришат, а по зборот “веднаш” се додава зборот “го”. Во ставот 2 зборовите “податоци за” и “и местото” се бришат, запирката по зборот “детето” се брише и се додаваат зборовите “и податоци”.\nВо член 106 по ставот 5 се додава нов став 6 кој гласи:\n“Ако родителот кој ја дава согласноста детето да биде дадено на посвојување е неписмен, изјавата за согласност ја дава во форма на записник во просториите на центарот за социјална работа и во присуство на стручниот тим на центарот за социјална работа. Изјавата ја потпишуваат родителот кој наместо потпис на писмената изјава ќе го стави отпечатокот на показалецот и членовите на стручниот тим. “\nПо ставот 6 кој станува став 7, се додава нов став 8 кој гласи:\n“Изјавата се запишува во деловодник и се заверува со печат на центарот за социјална работа. “\nПо членот 106 се додава нов член 106-а, кој гласи:\n“Член 106-а\nПисмената изјава за согласноста од членот 106 на овој закон, треба да содржи податоци за: личното име, датата и место на раѓање, местото и адресата на живеење, националната припадност, единствениот матичен број и бројот на лична карта на родителот или старателот; личното име, дата и место на раѓање на детето и дали детето е родено во брак или вон брак; согласност детето да биде посвоено без да го определи посвоителот (освен кога како посвоител се јавуваат лицата од членовите 100-б и 101-а на овој закон); видот на посвојувањето; причините поради кои се согласува детето да биде посвоено, како и дека е запознаен со сите последици од давањето на изјавата.”\nВо членот 107 ставови 1 и 2 зборовите: “три месеци” се заменуваат со зборовите: “шест недели”.\nВо членот 110 став 2 по зборовите: “решението за” се додава зборот “потполно”, зборот “посвојувањето” се заменува со зборот “посвојување”, запирката по зборот “посвоеникот” се заменува со сврзникот “и”, по зборот “детето” се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат.\nПо ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи:\n“Во записникот и во решението за непотполно посвојување се внесуваат податоци за видот на извршеното посвојување, за спогодбата за презимето на посвоеникот и за неговите наследни права спрема посвоителот.“\nСтавот 3 кој станува став 4 се менува и гласи:\n“Записникот го потпишуваат службеното лице од центарот за социјална работа кое го застапува детето, родителите на детето, доколку се заснова непотполно посвојување, родителот на детето доколку посвојувањето го прави брачниот другар на родителот на детето, посвоителот, претседателот и службеното лице на Комисијата.“\nПо ставот 3 кој станува став 4 се додаваат два нови става 5 и 6, кои гласат:\n“Решенијата од членовите 104-и и 110 на овој закон ги потпишува претседателот на Комисијата.\nПо исклучок од ставот 5 на овој член, решенијата од членовите 104-и и 110 на овој закон ги потпишува министерот за труд и социјална политика кога како посвоител се јавува лице кое е странски државјанин.“\nВо членот 111 став 1 зборот “посвојувањето” се заменува со зборовите: “потполно посвојување“, а зборовите: ”и Комисијата” се бришат.\nПо ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “По засновањето на непотполно посвојување во матичната книга на родените се запишува презимето на детето што спогодбено ќе го определат посвоителите и се забележува дека детето е непотполно посвоено.“\nСтавот 2 станува став 3.\nВо членот 118 став 1 по зборот “Комисијата” се додаваат зборовите: “по предлог на центарот за социјална работа”.\nВо член 119 по зборот “по” се додаваат зборовите: “предлог на центарот за социјална работа, а врз основа на”.\nПо членот 122 се додава нов член 122-а, кој гласи:\n“Член 122-а Комисијата по барање на посвоителите и со согласност на родителите или старателот на детето кое е непотполно посвоено и детето доколку е постаро од 12 години, а по предлог на центарот за социјална работа, може да реши непотполното посвојување да стане потполно.\nНепотполното посвојување може да стане потполно само до наполнување на 18 годишна возраст на детето.“\nВо членот 123 по зборот “престанок” се додаваат зборовите: “или за промена”.\nПодзаконскиот пропис предвиден во членот 14 од овој закон ќе се донесе во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.\nПостапките за посвојувањето започнати пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат според одредбите на овој закон.\nЦентарот за социјална работа во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе изврши внесување на податоците во Програмата за сите лица запишани во регистарот на можни посвоители и во регистарот на можни посвоеници.\nМинистерството за труд и социјална политика во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе направи внесување на потребните податоци за започнување со работа на Програмата.\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.", "subject": ["Сл. весник / РМ / 2010 / 67", "Закон за семејството"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB._%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_/_%D0%A0%D0%9C_/_2010_/_67_-_%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%28%D0%98%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%29", "word_count": 2213, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4016", "title": "Сл. весник / РМ / 2004 / 38 - Закон за семејството (Изменување и дополнување)", "text": "Во Законот за семејството (\"Службен весник на Република Македонија\" број 80/92 и 9/96) членот 1 се менува и гласи: \"Cо овој закон се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните и семејните спорови.\"\nВо членот 4 се додава нов став 2, кој гласи: \" Републиката обезбедува заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство во бракот и семејството. \"\nВо членот 14 став 1 по зборот \"семејството,\" се додаваат зборовите: \"насилството во бракот и семејството, дел од работите сврзани со\".\nПо ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: \"За работите од ставот 1 на овој член кои се однесуваат на посвојувањето одлучува Комисија за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика (во натамошниот текст: Комисија).\"\nBо ставот 2 кој станува став 3 по зборовите: \"центарот за социјална работа\" се додаваат зборовите: \"и Комисијата\", а зборот \"применува\" се заменува со зборот \"применуваат\".\nПо ставот 3 кој станува став 4 се додава нов став 5, кој гласи: \"По жалбите изјавени против решенијата на Комисијата решава соодветна комисија за работи од социјалната политика при Владата на Република Македонија( во натамошниот текст: Комисија при Владата на Република Македонија). \"\nСтавот 4 кој станува став 6 се менува и гласи: \"Жалбите изјавени против решенијата на центарот за социјална работа и Комисијата не го задржува нивното извршување. \"\nПо членот 14 се додаваат два нови члена 14-а и 14-6, кои гласат: \"\nОвластувањето за спроведување на извршувањето на решенијата на центарот за социјална работа, службеното лице го докажува со легитимација. Легитимацијата на службеното лице ја издава министерот за труд и социјална политика. Образецот на легитимацијата на службеното лице и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за труд и социјална политика.\nБројот на извршителите и овластувањата кои ги имаат извршителите ги определува министерот за труд и социјална политика со решение.\"\nПо членот 33 се додава нов член 33-а, кој гласи: \"\nСе забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството.\"\nВо членот 46 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: \"Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од условите на семејството.\"\nВо членот 47 по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: \"Детето има право да одржува лични односи и непосредни контакти со родителот со кого не живее.\" Во ставот 3 кој станува став 4 по зборот \"односи\" се додаваат зборовите: \"и непосредни контакти\".\nBо членот 48 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: \"Детето има право да биде застапувано од своите родители или старатели.\"\nВо членот 56 став 3 по зборот \"исчезната,\" се додаваат зборовите: \"со непозната адреса или со ограничена или одземена деловна способност,\".\nВо членот 79 став 1 во првата реченица по зборот \"односи\" се додаваат зборовите: \"и непосредните контакти\", а втората реченица се заменува со нова реченица, која гласи: \"Доколку родителите на детето во рок од најмногу два месеца не се согласат за начинот на одржување на личните односи и непосредни контакти со детето, центарот за социјална работа донесува решение за тоа.\" По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: \"При определување на личните односи и непосредните контакти на детето со родителот, центарот за социјална работа го информира детето и ги зема предвид неговите ставови и мислења во зависност од возраста и степен на развиток и го известува за можните последици од одлуките.\" Во ставовите 2 и 3 по зборот \"односи\" се додаваат зборовите: \"и непосредни контакти\". Ставовите 2, 3 и 4 стануваат ставови 3, 4 и 5.\nВо членот 80 став 3 по зборот \"односи\" се додаваат зборовите: \"и непосредни контакти\".\nВо членот 82 по зборот \"односи\" се додаваат зборовите: \"и непосредни контакти\".\nВо членот 87 по ставот 1 се додаваат четири нови става 2, 3, 4 и 5, кои гласат: \"Центарот за социјална работа може да донесе решение, со кое на родителот кој подолго од три месеца не давал издржување за детето, ќе му го ограничи правото да одржува лични односи и непосредни контакти со детето, се додека не ги изврши обврските спрема детето. Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот кај кого детето не е доверено на чување и воспитување, ќе му го ограничи правото на одржување на лични односи и контакти со детето, доколку неоправдано повеќе од три пати непрекинато, не го почитувал решението на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа може да донесе решение со кое ќе го даде детето на престој кај родителот на кого детето не му е доверено на чување и воспитание, одреден временски период, но не подолго од 15 дена, доколку повеќе од два пати едно по друго другиот родител неоправдано не го почитувал решението на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот ќе му го ограничи правото на одржување на лични односи и контакти со детето или истите ќе му ги забрани за одреден временски период, но не подолго од шест месеца, доколку во рокот определен со решението не го вратил детето или го задржал подолго од времето определено во решението или го однел во непознат правец. \" Ставот 2 кој станува став 6 се менува и гласи: \"Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое времено ќе го довери детето на другиот родител, трето лице или ќе го смести во друго семејство или во соодветна установа, како последен избор, доколку има сознанија дека личните односи и непосредните контакти на детето се прекинати подолго од два месеца поради не постапување по решение на центарот за социјална работа од страна на родителот кај кого детето е доверено или поради нарушени партнерски односи, кои штетно се одразуваат врз развојот на детето. \" По ставот 3 кој станува став 7 се додава нов став 8, кој гласи: \"Во случаите од ставовите 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член, центарот за социјална работа ги задолжува родителите да посетат соодветно советувалиште. \" Ставот 4 станува став 9.\nВо членот 90 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: \"Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности во смисла на ставот 1 од овој член, ќе се смета ако родителот: - спроведува физичко или емоционално насилство над детето; - полово го искористува детето; - го присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст; - му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни супстанции; - го наведува детето на општествено неприфатливи поведенија; - го напуштил детето и подолго од три месеца не се грижи за детето и - ако на кој било друг начин грубо ги крши правата на детето. \" Ставот 2 станува став 3.", "subject": ["Сл. весник / РМ / 2004 / 38", "Закон за семејството"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB._%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_/_%D0%A0%D0%9C_/_2004_/_38_-_%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%28%D0%98%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%29", "word_count": 1138, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4119", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ѓорги", "text": "Ѓорге ле, Ѓорги, Ѓоргула,\nЗашто си удри Турчинот,\nДека си вино пиеше\nHa тие ладни механи!\nГo удри и дома дојде,\nHa мајка му си говоре:\n„Ке бегам, мале, ке бегам,\nОти cyм удрил Турчина\nHa тиа ладни меани,\nДека си вино пиеше.”\nМајка мy веле, говоре:\n,,Седи ми сино, ним бегај,\nТеј ко ти је коџобашј а,\nОн си има многу пари,\nПари ке даде, ке т' откинит.”\nДур да си речта доречат,\nCи достигнаха сејмени,\nCи фатиха левент Ѓорга,\nму врзаха р'цето,\nГо носиха на конакот,\nТогај рече cилен паша;\n„Одете да г' обесите!”\nИ станахо, го носиха\nГo нocиxa на Беш-чинар,\nOpтома нa шиja фрлиxa,\nTpгнаха дa гo обecaт,\nTpгнаха гo oбecиxa,\nKa дрпнa левен Ѓоргула,\nOткорна дрво от корен;\nCпрсна Ѓогула да бегат.\nToгaj мy вељат кавази:\n,,3aпри се Ѓорги, ним 6eгaj,\nIIpocто да ти је грешката,\nБлаѕе ти на јунаството.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%83%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8", "word_count": 147, "cyrillic": 0.973}
{"id": "4117", "title": "Зборник на Миладиновци/ Дафина и Омер-ага", "text": "Ej Дафино, ти Дафино!\nБог да бие твоја мајка,\nШто те cкорна мошне paно\nMошне paнo во недеља\nTa тe пушти нa два п'тa,\nHa два п'тa, на двa друма,\nДa прашиш пустa мисирска.\nTa cи праши от утрина,\nОт yтрина до пладнина,\nНема никој да помине.\nOт пладнина се здадеха\nПо п’тишта, по друмишта\nТемни м’гли и прахове.\nHe ca биле темни м’гли,\nTок си биле врли Турци,\nBpли Турци, ваши аги\nBaши аги Шахпендиовци\nНапред оди Омер ага,\nОмер ага Шахпендиа.\nОт што идат наближуват.\nKa ги позна ѓул Дафина,\nЧудо стое, та се чуде,\nДека она да се скрие.\nCe покачи н' едно дрво\nH' едно дрво дафиново,\nНељ се затскри во дрвото,\nHe можеха да ја видат.\nДоврвеха, изврвеха\nНајнапокон ке помине,\nKe помине сеизчето.\nНели оно загледало,\nToгај веле на ваш ага:\n,,Bapaj, вapaj Oмер ага!\nШто нешто је в това дрво?\nДал је пиле, малко пиле\nMaлко пиле соколово!”\nKaк си дочу Омер ага,\nCврти коњо кај дрвото;\nHe je било мало пиле,\nТок' je била малка Стана.\nTa и` веле и говоре:\n„Дафино, моја Дафино!\nCвали ми се од дрвото,\nHe те личе за каурка,\nToк' те личе за кад’на.”\nTa ce цвали ѓул Дафина,\nTa го фати за p'ката,\nИ префрли га на коњот,\nHa коњот му по зат него,\nДа го носе в махалата,\nTa га чини баш кaд'нa.\nIIa нe гa yзe зa нeгo,\nToк' ja остави низ селото,\nЛеп да пита да се рани,\nCитe да се шега биет.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%9E%D0%BC%D0%B5%D1%80-%D0%B0%D0%B3%D0%B0", "word_count": 258, "cyrillic": 0.903}
{"id": "2991", "title": "Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, наименуван од Бог да Му биде апостол на Исус Христос,\nи од нашиот драг брат Тимотеј,\nдо Божјата црква во градот Коринт и до сите христијани во цела Ахаја.\n<sup>2</sup>Ви посакувам Бог, нашиот небесен Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n2 Утешителот Бог\n<sup>3</sup>Благословен нека е Бог, Кој е и Татко на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдието и Бог од Кој ни доаѓа секоја утеха!\n<sup>4</sup>Во секоја наша невола нѐ утешува, за да можеме и ние да ги утешуваме другите што се во некаква невола, со истата утеха со која Бог нас нѐ утешува.\n<sup>5</sup>Колку повеќе страдаме за Христос, толку повеќе Бог ќе нѐ опсипе со утеха преку Христос.\n<sup>6</sup>Кога ние страдаме, тоа е за ваше добро и за ваше спасение, зашто кога Бог ќе нѐ утеши нас, тоа и за вас ќе претставува охрабрување и така ќе бидете поподготвени трпеливо да поминете низ истите страдања низ кои ние сега минуваме.\n<sup>7</sup>Имаме цврста верба во вас, иако знаеме дека сега минувате низ страдања низ кои и ние сме минувале, но ќе бидете утешени на истиот начин на кој и ние бевме утешени.\n<sup>8</sup>Сметам, драги пријатели христијани, дека треба да знаете за страдањата низ кои ние поминавме во покраината Азија. Тие беа толку тешки и неподносливи, што загубивме секаква надеж дека ќе останеме живи.\n<sup>9</sup>Помисливме дека ќе умреме и престанавме да се потпираме на сопствените сили. Му се препуштивме на Бог, Кој и мртви може да воскресне.\n<sup>10</sup>Тој нѐ избави од сигурна смрт и пак ќе нѐ избавува. На Него се надеваме и знаеме дека ќе продолжи да нѐ избавува.\n<sup>11</sup>Вие ни помагате со тоа што се молите за нас. Кога тие многубројни молитви ќе бидат одговорени и Бог ќе ни ја покаже својата дарежлива благонаклоност, многу луѓе ќе Му бидат благодарни.\n3 Икреност и отвореност\n<sup>12</sup>Ние можеме да бидеме горди на нашата чиста совест. Спрема сите луѓе, а посебно спрема вас, бевме отворени и искрени, онака како што Бог нѐ учи. Не постапувавме онака како што телесен човек би сметал дека е мудро, туку нѐ водеше Бог, Кој ни беше благонаклонет.\n<sup>13</sup>Моите писма се јасни. Нема ништо неразбирливо, или скриено меѓу редови. Се надевам дека еден ден сѐ ќе ви биде јасно,\n<sup>14</sup>иако сега само делумно ви е јасно. Така, на денот кога нашиот Господ Исус ќе се врати, вие ќе се гордеете со нас, а ние со вас.\n4 Причини за одлагање на посетата на Коринт\n<sup>15</sup>Со таа увереност имав намера да дојдам прво кај вас, и дури двапати да ви бидам полезен:\n<sup>16</sup>еднаш да ве посетам на одење накај Македонија, а потоа на враќање од Македонија повторно да свратам кај вас и оттаму вие да ме испратите за Јудеја.\n<sup>17</sup>Се надевам дека нема да ме обвините оти не си стојам на зборот и дека се однесувам како световните луѓе кои кога велат да, всушност мислат не.\n<sup>18</sup>Бог ми е сведок дека нашето „да“ не е двосмислено, па да значи и „не“,\n<sup>19</sup>затоа што Божјиот Син, Исус Христос, за Кого ви проповедавме јас, Силван и Тимотеј, не зборуваше двосмислено, туку она што ќе го кажеше секогаш беше и остануваше така како што е кажано.\n<sup>20</sup>Сите Божји ветувања се исполнети во Него. Затоа кога на Бог Му оддаваме слава преку Исус велиме „Амин“.\n<sup>21</sup>Бог е Тој што и вам и нам ни дава сили да стоиме цврсто на страната на Христос. Тој нѐ одбра,\n<sup>22</sup>го всели Својот печат врз нас и Го стави во нашите срца Својот Дух како потврда дека сме Негови.\n<sup>23</sup>Бог ми е сведок дека причината за моето недоаѓање во Коринт беше со цел да ве поштедам од укорување.\n<sup>24</sup>Ние не сме ви господари што ќе ви кажуваат како треба, а како не треба да верувате. Сакаме само да соработуваме со вас, за да бидете исполнети со радост, зашто вие во верата сте непоколебливи.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Решив да не ве нажалам со уште една болна посета.\n<sup>2</sup>Ако јас вас ве натажам, кој мене ќе ме развесели? Зар тие кои штотуку сум ги натажил?\n<sup>3</sup>Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат. Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас.\n<sup>4</sup>Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.\n5 Треба да му се прости на тој што згрешил\n<sup>5</sup>Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене.\n<sup>6</sup>Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна.\n<sup>7</sup>Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне.\n<sup>8</sup>Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека сѐ уште го сакате!\n<sup>9</sup>Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства.\n<sup>10</sup>А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос.\n<sup>11</sup>Ако не постапуваме така, сатаната ќе нѐ надмудри, а знаеме какви се неговите намери!\n6 Апостолската служба\n<sup>12</sup>Кога пристигнав во Троада за да ја проповедам Радосната вест за Христос, видов како Господ пред мене отвора ново поле за работа.\n<sup>13</sup>Но немав душевен мир, бидејќи мојот драг пријател Тит не се беше вратил откај вас. Затоа, се збогував со луѓето во Троада и заминав за Македонија, за таму да се сретнам со Тит.\n<sup>14</sup>Но, благодарни сме Му на Бог, Кој, на чело со Христос, секогаш нѐ води во победа. Преку нас Тој насекаде ја шири вистината за Христос, како што се шири миризливоста од пријатен мирис.\n<sup>15</sup>За Бог ние сме како пријатен мирис што го приближува Христос кон сите: и кон оние што Го прифаќаат и се спасуваат, и кон оние што Го одбиваат и пропаѓаат.\n<sup>16</sup>За жал, на оние што Го одбиваат Христос, овој мирис ќе им биде смртна пресуда. На оние, пак, што Го прифаќаат Христос, ние сме им како најпријатен мирис што им носи вечен живот. Кој е способен да извршува ваква служба?\n<sup>17</sup>Ние не сме трговци - а такви ги има многу - што се обидуваат да заработат пари од проповедање на Божјиот слово! Ние проповедаме за Христос искрено, како што Бог сака. Нас Бог нѐ испрати и Тој нѐ надгледува.\n= Глава 3 =<sup>1</sup>Можеби ова ви звучи како самите да се препорачуваме? Дали нам ни се потребни, како што им се потребни на некои, писмени препораки за да проповедаме кај вас, или пак препораки од вас?\n<sup>2</sup>Вие сте нашата препорака, запишана во нашите срца, која сите луѓе можат да ја видат и прочитаат.\n<sup>3</sup>Очигледно е дека вие сте препораката што ја имаме, која преку нашиот труд е напишана од Христос, не со мастило, туку со Духот на Живиот Бог; не врз камени плочи, туку врз човечки срца.\n<sup>4</sup>Уверени сме во ова затоа што, преку Христос, имаме доверба во Бог.\n<sup>5</sup>Нема ништо во нас што би ни дало за право да тврдиме дека сме способни да направиме нешто од трајна вредност. Нашата способност доаѓа од Бог.\n<sup>6</sup>Тој нѐ оспособи да го претставуваме Неговиот нов завет. Тоа не е завет од пишани закони, туку од Светиот Дух. Стариот начин, преку пишаниот закон, води кон смрт, а новиот начин, преку Светиот Дух, дава живот.\n7 Величественоста на Новиот завет\n<sup>7</sup>Мојсеевиот Закон беше врежан само на камени плочи, па сепак беше даден со таков блесок што луѓето не можеа да гледаат во лицето на Мојсеј, иако сјајот што тој го имаше полека бледнееше. Ако тојЗакон што води во смрт беше даден на така величествен начин,\n<sup>8</sup>колку повеличествено ќе биде дејствувањето на Светиот Дух!?\n<sup>9</sup>Ако стариот завет што доведе до осуда на сите луѓе беше толку величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде новиот завет што ни овозможува да се стекнеме со праведност пред Бог!\n<sup>10</sup>Токму поради тоа што новото е далеку повеличествено, старото го загуби својот сјај!\n<sup>11</sup>Ако стариот завет, кој веќе е надминат, беше величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде новиот завет, чија слава ќе трае вечно!?\n<sup>12</sup>Токму поради тоа што имаме таква прекрасна надеж, можеме толку смело да настапуваме.\n<sup>13</sup>Ние не сме како Мојсеј, кој ставаше превез врз лицето, за да не забележат луѓето дека сјајот на неговото лице бледнее и исчезнува.\n<sup>14</sup>Но умовите им закоравеа, па и ден-денес, кога го читаат Стариот завет, превез им ги покрива умовите и тие не можат да ја согледаат вистината. Тој превез се отстранува само кога човек ќе поверува во Христос.\n<sup>15</sup>Да, дури и денес, кога ги читаат Мојсеевите книги, превез им ги покрива срцата и тие не разбираат.\n<sup>16</sup>Но кога човек ќе се сврти кон Господ, превезот се отстранува.\n<sup>17</sup>Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот Дух, Тој донесува слобода.\n<sup>18</sup>Сите ние, пред чии лица нема превез, сме одраз на славата Господова, како во огледало. Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме сѐ послични на нашиот славен Господ.\n= Глава 4 =\n8 Храбри Христови пратеници\n<sup>1</sup>Затоа сега, кога како израз на Божјата милост ја добивме оваа служба, ние не се обесхрабруваме.\n<sup>2</sup>Се откажавме од сите подмолни и срамни работи. Не се служиме со итрини и не го извртуваме Божјиот збор, туку јасно, пред Бог, му ја откриваме вистината на секој човек, оставајќи му ја одлуката на неговата совест.\n<sup>3</sup>Ако Радосната вест што ние ја проповедаме е скриена од некого, тоа е јасен знак дека тој се определил за пропаст.\n<sup>4</sup>Но на таквите сатаната, богот на овој зол свет, им го заслепил разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.\n<sup>5</sup>Ние не се истакнуваме себеси, туку проповедаме дека Исус Христос е Господ, а ние сме ви на услуга, заради Исус.\n<sup>6</sup>Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.\n<sup>7</sup>Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.\n<sup>8</sup>Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж.\n<sup>9</sup>Прогонувани сме, но Бог не нѐ оставил. Нѐ соборуваат наземи, но не сме уништени.\n<sup>10</sup>Преку страдањата на овие наши тела, ние постојано учествуваме во смртните страдања на Исус, за да се види и Неговиот живот во нашите тела.\n<sup>11</sup>Живееме под постојани закани дека ќе нѐ убијат поради тоа што проповедаме за Исус, за да може Исусовиот живот да се пресликува во нашите смртни тела.\n<sup>12</sup>И така, додека смртта си ја покажува силата против нас, вечниот живот ја покажува својата сила во вас.\n9 Надеж во воскресението\n<sup>13</sup>Ние ќе продолжиме да проповедаме, бидејќи и ние ја имаме истата вера што ја имал псалмистот кога рекол: „Верував во Бог и затоа зборував.“\n<sup>14</sup>Знаеме дека истиот онојБог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе нѐ воскресне. Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе нѐ доведе кај Себе.\n<sup>15</sup>Сето ова е за ваша полза. Така сѐ повеќе и повеќе луѓе ќе дознаваат дака Бог дарежливо им е благонаклонет и ќе Му искажуваат благодарност, а Бог сѐ повеќе ќе се прославува.\n<sup>16</sup>Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува.\n<sup>17</sup>Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно.\n<sup>18</sup>Затоа ние не се сосредоточуваме на она што сега се гледа, туку на придобивките што допрва ќе се видат. Зашто сѐ што е сега видливо е привремено, а тоа што еден ден ќе го видиме е вечно.\n= Глава 5 =\n10 Очекуваме нови, вечни тела\n<sup>1</sup>Знаеме дека кога ќе пропадне овој >шатор' во кој сега живееме, односно, нашето овоземно тело, нѐ очекуваат на небото вечни домови направени од Бог, а не од човечка рака.\n<sup>2</sup>Во нашите сегашни тела офкаме и копнееме по денот кога како нова облека ќе ги облечеме нашите небесни тела,\n<sup>3</sup>зашто ние нема да бидеме голи духови, без тела, туку ќе ги облечеме нашите нови, небесни тела.\n<sup>4</sup>Додека живееме во овој овоземен шатор, односно во нашите смртни тела, офкаме бидејќи имаме мака. Но ние не копнееме по тоа да умреме и да останеме без тела, туку со нетрпение чекаме да се преселиме во нашите нови тела, па вечниот живот да го проголта ова смртно тело.\n<sup>5</sup>Бог нѐ подготви за тоа и ни Го даде Светиот Дух како гаранција дека тоа навистина ќе се случи.\n<sup>6</sup>Затоа ние секогаш сме смели, и покрај тоа што сѐ додека сме во ова овоземно тело, ние не сме дома, кај Господ.\n<sup>7</sup>Верата е она што нѐ движи напред, а не тоа што сега го гледаме.\n<sup>8</sup>Храбри сме, бидејќи повеќе сакаме да се иселиме од ова наше овоземно тело и да си одиме дома, кај Господ.\n<sup>9</sup>Затоа, било да сме дома кај Господ, или да сме овде, сакаме да го работиме тоа што Нему Му е по волја.\n<sup>10</sup>Секој од нас ќе треба да се појави пред Христовиот суд, за да го прими она што го заслужил со своите добри или лоши постапки додека бил во овоземното тело.\n11 Ние сме Божји амбасадори\n<sup>11</sup>Ние имаме страхопочит спрема Господ, и затоа со сите сили се обидуваме да им всадиме вера и на другите луѓе. Бог знае дека сме искрени, а се надевам дека длабоко во себе и вие знаете какви луѓе сме.\n<sup>12</sup>Не, не ни е намерата да ви се наметнуваме, туку да ви дадеме аргументи за да се гордеете со нас, и да можете да им одговорите на оние што се фалат со својата надворешност, а не со внатрешни квалитети.\n<sup>13</sup>Ако ви изгледаме надвор од себе, тоа е за да Му донесеме слава на Бог. Ако, пак, разумот нѐ води, тоа е за ваша полза.\n<sup>14</sup>Што и да работиме, тоа е затоа што нѐ раководи љубовта на Христос. Како што веруваме дека Христос умре за сите луѓе, така веруваме и дека сите ние умревме за стариот начин на живот што го живеевме.\n<sup>15</sup>Тој умре за сите нас и затоа тие што го прифаќаат од Него подарениот, нема веќе да живеат за да си угодуваат самите на себе, туку ќе живеат за да Му угодат на Христос, Кој умре и воскресна за нив.\n<sup>16</sup>Затоа, ние веќе никого не вреднуваме според телесните постигнувања. Ако порано така гледавме на Христос сега веќе не гледаме така.\n<sup>17</sup>Тоа значи дека кога некој ќе стане христијанин, тој е веќе нова личност. Не е веќе ист како порано, зашто со стариот живот е веќе завршено. Започнува нов живот!\n<sup>18</sup>Тој нов живот доаѓа од Бог, Кој, преку Христос, нѐ помири со Себе и ни ја довери задачата да им објаснуваме на луѓето како и тие да се помират со Него.\n<sup>19</sup>Нашата порака е дека Бог беше во Христос и му понуди помирување на целиот свет со Себе, готов да им ги прости гревовите на луѓето. Таа порака, која објаснува како можеме да се помириме со Бог, ни ја довери нам, за да им ја проповедаме на сите луѓе.\n<sup>20</sup>Ние сме амбасадори на Христос, и преку нас Бог ви говори. Во име на Христос, ве молиме: помирете се со Бог!\n<sup>21</sup>Бог Го даде Христос, Кој немаше никаков грев, да биде жртва за нашиот грев, та преку Него ние да се здобиеме со Божја праведност.\n= Глава 6 =<sup>1</sup>Ние, во улога на Божји соработници, ве молиме да не ја пропуштите Божјата милосрдна благонаклоност спрема вас,\n<sup>2</sup>зашто Бог вели:\n„Повикај Ме во вистинскиот час\nи Јас ќе ти ја услишам молитвата;\nпобарај Ме во денот кога ти нудам спасение\nи Јас ќе ти помогнам!“\nДенес е вистинскиот час! Денес е денот кога ти нудам спасение!\n12 Тешкотиите со кои се соочувал Павле\n<sup>3</sup>Не даваме повод нашето поведение некого да поколеба да поверува во Господ, затоа се трудиме нашата работа да биде беспрекорна.\n<sup>4</sup>Во сѐ се однесуваме како Божји службеници, стрпливо поднесувајќи ги сите напади, страдања и тешкотии.\n<sup>5</sup>Нѐ тепаат, нѐ ставаат в затвор, креваат бунтови против нас, а ние работиме, минуваме бессони ноќи и гладуваме.\n<sup>6</sup>Се докажувавме преку нашата чистота, знаење, стрпливост, љубезност, преку силата на Светиот Дух и преку нашата искрена љубов.\n<sup>7</sup>Верно ја проповедаме вистината. Божјата сила работи во нас. Праведноста е нашето оружје и за напад и за одбрана.\n<sup>8</sup>Му служиме на Бог без разлика дали луѓето нѐ почитуваат, или нѐ презираат, дали имаат добро или лошо мислење за нас. Ние сме чесни, но тие нѐ нарекуваат измамници.\n<sup>9</sup>Сите знаат за нас, а се однесуваат спрема нас како да не нѐ познаваат. Соочени со смртни закани, а сепак, ете, живи сме. Казнувани сме, но не сме убиени.\n<sup>10</sup>Се обидуваат да нѐ растажат, но ние сепак сме радосни. Сиромашни сме, но на многумина им дадовме духовно богатство. Немаме ништо, а сепак поседуваме сѐ.\n<sup>11</sup>Драги наши пријатели во Коринт, ние искрено ви проговоривме, широко ги отворивме нашите срца.\n<sup>12</sup>Не сме ние затворени спрема вас, туку вие сте затворени спрема нас.\n<sup>13</sup>Како на свои деца ви велам: отворете ги и вие вашите срца спрема нас!\n13 Пазете се од штетни компромиси\n<sup>14</sup>Немојте да се здружувате со неверници! Како може праведен и неправеден да работат заедно? Како може светлината и темнината да живеат заедно?\n<sup>15</sup>Може ли да има слога меѓу Христос и ѓаволот? Каква заедница може да има еден христијанин со безверник?\n<sup>16</sup>Треба ли во Божјиот храм да ставате и идоли? Ние сме храмови на Живиот Бог. Како што Самиот Тој вели за Своите следбеници:\n„Ќе живем во нив,\nќе се движам меѓу нив;\nЈас ќе бидам нивни Бог,\nа тие Мој народ.“\n<sup>17</sup><>Затоа, напуштете ги оние што не Му припаѓаат на Бог,\nодвојте се од нив,' - вели Господ.\n>Не мешајте се со она што е нечисто\nи Јас ќе ве прифатам.'“\n<sup>18</sup><>Ќе ви бидам Татко,\nа вие ќе бидете\nМои синови и ќерки,'\n- вели Семоќниот Господ.“\n= Глава 7 =<sup>1</sup>Драги пријатели, сега кога ги знаеме сите овие ветувања, да се исчистиме од сѐ што може да ги оскверни нашето тело или дух. Да се трудиме, од страхопочит спрема Бог, да стануваме телесно и духовно сѐ почисти, до совршенство.\n14 За односите меѓу апостол Павле и црквата во Коринт\n<sup>2</sup>Направете повеќе место за нас во вашите срца! Ние никого не сме онеправдале, никого не сме завеле, никого не сме измамиле и искористиле.\n<sup>3</sup>Не го велам ова за да ве обвинувам. Вие сте ни толку прираснати за срце што сме готови со вас да го делиме и животот и смртта.\n<sup>4</sup>Имам голема доверба во вас. Се гордеам со вас и навистина сте големо охрабрување за мене. И покрај сите наши тешкотии, мојата радост не знае за граници.\n<sup>5</sup>Откако дојдовме во Македонија, немаме мир. Се соочуваме со неволи од сите страни: однадвор напади, однатре стравови.\n<sup>6</sup>Но Бог, Кој ги охрабрува потиштените, со доаѓањето на Тит ни ја врати храброста.\n<sup>7</sup>Охрабрување за нас беше не само неговото доаѓање, туку и тоа што тој ни го пренесе за вас: како вие него сте го охрабриле, колку сте биле желни да ме видите, колку тагувате и колку ревносно сте приврзани за мене. Тоа уште повеќе ме зарадува.\n<sup>8</sup>Дури и ако сум ве нажалил со претходното писмо што ви го пратив, не се каам што го сторив тоа. Извесно време ми беше жал, зашто тоа писмо привремено ве натажи\n<sup>9</sup>но сега се радувам, не затоа што ве нажалив, туку затоа што тоа ве доведе до покајување. Таа жалост ви е од Бог. Ние со ништо не сакавме да ве повредиме.\n<sup>10</sup>Бог може да ја употреби жалоста во нашите животи за да ни помогне да се оттргнеме од гревот и да бараме спасение. Ако сте доживеале таква жалост, не треба да ви биде криво. Опасна е жалоста што не води кон покајание, бидејќи таа води во смрт.\n<sup>11</sup>Видете колку позитивно се одрази на вас таа жалост од Бога! Ве направи многу поотворени и поревносни да покажете дека не сте виновни. Каква огорченост, каква тревога, каква желба, грижа и решителност да се казни прекршителот! Со сето ова покажавте дека во однос на таа работа вие сте чисти.\n<sup>12</sup>Зашто, кога ви го напишав тоа писмо, не ми беше намерата да го обвинам оној што направил прекршок, ниту да го бранам оној што бил онеправдан. Ви напишав за да ви покаже Бог колку сте приврзани кон нас.\n<sup>13</sup>Тоа навистина нѐ охрабри.\nНе само што ова нѐ охрабри, туку уште повеќе нѐ зарадува тоа што Тит се врати радосен. Сте му покажале дека нема причина да биде загрижен.\n<sup>14</sup>Сето она за што сум ве фалел пред него се потврди како вистина и не ме посрамивте. Секогаш сум ја зборувал вистината за вас, па така и тоа што ве фалев пред Тит се потврди дека е вистина.\n<sup>15</sup>Кога Тит видел колку сте вие послушни, со колкава страхопочит и трепет во срцето сте го пречекале, тој уште повеќе ве засака.\n<sup>16</sup>Многу сум радосен што можам да имам целосна доверба во вас.\n= Глава 8 =\n15 ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ЕРУСАЛИМ\n<sup>1</sup>Драги пријатели христијани во Коринт: сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија.\n<sup>2</sup>Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи.\n<sup>3</sup>Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе.\n<sup>4</sup>Многу нѐ молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим.\n<sup>5</sup>Направија повеќе отколку што очекувавме. Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.\n<sup>6</sup>Затоа го замоливме Тит, кој од порано ја започна оваа служба на милосрдие меѓу вас, да се врати кај вас и да ја доврши.\n<sup>7</sup>Како што вие во многу нешта се истакнувате и имате: вера, проповедници, знаење, сериозен однос, љубов спрема нас, така погрижете се и вашата милосрдна дарежливост да не заостане.\n<sup>8</sup>Ова не е наредба, туку, гледајќи ја ревноста со која другите ѝ пристапуваат на оваа задача, сакам да проверам колку е искрена вашата љубов.\n<sup>9</sup>Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос! Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.\n<sup>10</sup>Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од сѐ срце. Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас.\n<sup>11</sup>Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте. Дајте толку колку што можете.\n<sup>12</sup>Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател. Никој не очекува да дадете нешто што немате.\n<sup>13</sup>Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост.\n<sup>14</sup>Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас.\n<sup>15</sup>Сетете се што пишува во Светото писмо:\n„На оној што собра многу\nништо не му преостана,\nа на оној што собра малку\nсепак, му достаса.“\n16 2) Апостол Павле препорачува хуманитарни работници\n<sup>16</sup>Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.\n<sup>17</sup>Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат!\n<sup>18</sup>Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви.\n<sup>19</sup>Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим. Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме.\n<sup>20</sup>Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да нѐ озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови,\n<sup>21</sup>зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето.\n<sup>22</sup>Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи. Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас.\n<sup>23</sup>Ако некој се распрашува за Тит, кажете му дека тој е мој другар и соработник во мојата служба меѓу вас. Што се однесува до браќата што ќе го придружуваат, тие се претставници на црквите. Тие се прекрасен пример како треба да се работи за слава на Христос.\n<sup>24</sup>Покажете љубов спрема нив, за да видат црквите дека ние со право се гордееме со вас.\n= Глава 9 =\n17 3) Доброволни прилози од Коринт за христијаните во Ерусалим\n<sup>1</sup>Излишно е да ви пишувам дека треба да собираме помош за христијаните во Ерусалим.\n<sup>2</sup>Знам дека вие сте готови да помогнете. Со гордост им зборував на христијаните во Македонија дека вие, христијаните од Ахаја, уште од лани бевте подготвени да дадете доброволни прилози. Токму вашата ревност ги поттикна и нив.\n<sup>3</sup>Затоа сега бидете подготвени, зашто ги испраќам браќата кај вас; да не испадне дека напразно сме ве фалеле!\n<sup>4</sup>Можеби ќе дојдат со мене и неколку Македонци. Ако видат дека вие не сте подготвени, јас би се засрамил, затоа што изразив голема доверба спрема вас. Вие уште повеќе би се засрамиле.\n<sup>5</sup>Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте. Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас.\n<sup>6</sup>Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее!\n<sup>7</sup>Секој нека даде онолку колку што самиот ќе реши, без да му биде жал или сосила да се принудува. Бог ги сака оние што даваат со радост.\n<sup>8</sup>А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од сѐ што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела.\n<sup>9</sup>Како што е напишано во Светото писмо:\n„Дарежливиот човек\nна сиромасите штедро им дава,\nправедноста негова\nќе се памти довека!“\n<sup>10</sup>Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана. А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни.\n<sup>11</sup>Ќе ве направи богати во сѐ, така што уште поштедро ќе можете да давате. Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од сѐ срце да Му се заблагодарат на Бог.\n<sup>12</sup>Зашто, извршувањето на оваа служба, освен што ќе им ги исполни потребите на христијаните во Ерусалим, во исто време ќе поттикне изливи на благодарност спрема Бог.\n<sup>13</sup>Значи, тие ќе Му оддадат слава на Бог благодарение на тоа што вие на дело се докажавте во оваа служба. Тоа ќе им биде доказ дека вие навистина живеете според принципите на Радосната вест од Христос, која вие ја исповедате и поради која толку штедро давате и за нив и за сите.\n<sup>14</sup>Тие со голема љубов ќе се молат за вас, затоа што Бог токму преку вас им покажа колку милосрдно им е благонаклонет.\n<sup>15</sup>А сите ние сме Му благодарни на Бог за Неговиот дар што со зборови не може да се искаже*.\n= Глава 10 =\n18 Павле зборува за овластувањата што ги има од Бог\n<sup>1</sup>Сега јас, Павле, лично ве молам со кроткост и љубезност какви што би покажал Христос, да ме послушате, иако некои од вас зборувале дека сум бил строг, кога сум далеку од вас, а малодушен кога сум кај вас.\n<sup>2</sup>Не би сакал да бидам принуден да покажам строгост спрема оние што тврдат дека нас нѐ водат телесни мотиви.\n<sup>3</sup>Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи.\n<sup>4</sup>Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта\n<sup>5</sup>и ги соборуваме сите зли мудрувања и сѐ друго што ги попречува луѓето да Го запознаат Бога. Ја поразуваме секоја бунтовна човечка мисла и ја учиме да Му биде послушна на Христос.\n<sup>6</sup>Ние сме готови да ги казниме оние што не се послушни во сѐ, но дури откако вие ќе покажете дека сте целосно послушни.\n<sup>7</sup>Многу површно гледате на работите*! Треба да ви биде јасно дека и ние Му припаѓаме на Христос исто толку колку што за себе го тврдат тоа оние што гордо изјавуваат дека се Христови!\n<sup>8</sup>Дури и ако претерано сум го истакнувал авторитетот што Господ ни го даде, јас од тоа не се срамам, бидејќи тоа било за да ве изградуваме, а не да ве уриваме.\n<sup>9</sup>Не сакам да звучи како да се обидувам да ве заплашам со моите писма.\n<sup>10</sup>Слушам дека некои велат за мене: „Неговите писма се сериозни и строги, но кога е овде кај нас, тој е слаб и неговите говори се безвредни!“\n<sup>11</sup>На таквите луѓе им порачуваме дека онакви какви што сме на зборови, во нашите писма, сега кога не сме кај вас, исти такви ќе бидеме и на дела, кога ќе дојдеме кај вас!\n19 Против самофалби\n<sup>12</sup>Ние не се ни осмелуваме да се изедначуваме или споредуваме со оние што имаат толку високо мислење за себе. Тие постапуваат неразумно, зашто се вреднуваат себеси со свои мерки па испаѓа дека се споредуваат сами со себе!\n<sup>13</sup>А ние не сакаме да се фалиме без мера, туку исклучиво според мерката што ни ја даде Бог, а таа мерка е да допреме до сите луѓе, па и до вас.\n<sup>14</sup>Ние не го протегаме своето дејстување на места кои не сме ги досегнале; всушност, ние први стигнавме до вас, проповедајќи ви ја Радосната вест од Христос.\n<sup>15</sup>Така, ние не се фалиме со плодови околу кои други се труделе, туку се надеваме дека вашата вера ќе зајакне, па да можеме и да ја прошириме својата работа во вашиот крај,\n<sup>16</sup>а потоа да ја проповедаме Радосната вест и на други места, подалеку од вас, каде што никој претходно не проповедал. Така нема да може да ни се приговори дека се фалиме со резултати што некој друг ги постигнал.\n<sup>17</sup>Но, Светото писмо вели:\n„Ако некој се фали,\nнека се фали со она што\nГоспод го прави!“\n<sup>18</sup>Зашто кога некој сам себеси се фали, тоа не е вистинска препорака. А кога Господ некого ќе пофали, таквиот навистина е достоен.\n= Глава 11 =\n20 ОДЛИКИ НА ВИСТИНСКИТЕ АПОСТОЛИ\n<sup>1</sup>Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме!\n<sup>2</sup>Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве 'свршив' за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица,\n<sup>3</sup>но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.\n<sup>4</sup>Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака!\n<sup>5</sup>Јас не се сметам за помалку вреден од тие „супер апостоли“.\n<sup>6</sup>Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.\n21 2) Работа без наплаќање\n<sup>7</sup>Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам?\n<sup>8</sup>Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви. Живеев на нивни товар, за да ви служам вам.\n<sup>9</sup>Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар.\n<sup>10</sup>Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја!\n<sup>11</sup>Зошто го велам ова? Зар затоа што не ве сакам? Бог знае дека искрено ве сакам.\n<sup>12</sup>Ќе продолжам и во иднина да работам онака како што работев и досега, за да не им дадам можност на тие други „апостоли“ да се поистоветуваат со нас и да се фалат дака се исти како нас.\n<sup>13</sup>Тие се лажни апостоли! Се служат со измами и се преправаат во апостоли на Христос.\n<sup>14</sup>Немојте да се чудите на ова! И самиот сатана може да се преправа во ангел на светлината!\n<sup>15</sup>Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници направедноста. Но на крајот тие ќе си ја добијат казната што ја заслужиле со своите зли постапки.\n22 3) Голема пожртвуваност\n<sup>16</sup>Ќе повторам: не би сакал никој од вас да смета дека сум неразумен! Но ако е веќе така, ислушајте ме како неразумен, па барем да можам малку сам себеси да се пофалам!\n<sup>17</sup>Самофалбата е нешто што Господ не го сака и затоа се чувствувам неразумно.\n<sup>18</sup>Но кога веќе толку многу луѓе се фалат со своите човечки достигања, ќе се пофалам и јас.\n<sup>19</sup>Впрочем, иако вие се сметате за мудри, со задоволство ги слушате неразумните!\n<sup>20</sup>Не ви пречи кога некој ве третира како робови, ве искористува, ве ограбува, ве понижува и ви удира шлаканици!\n<sup>21</sup>Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни!\nЗнам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас.\n<sup>22</sup>Тие биле Евреи! Па и јас сум! Биле Израелци! Па и јас сум! Биле потомци на Авраам! Па и јас сум!\n<sup>23</sup>Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт!\n<sup>24</sup>Петпати сум камшкуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик!\n<sup>25</sup>Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море.\n<sup>26</sup>Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен на опасности од лажни пријатели.\n<sup>27</sup>Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.\n<sup>28</sup>И покрај сѐ што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви.\n<sup>29</sup>Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?\n<sup>30</sup>Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ.\n<sup>31</sup>Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам.\n<sup>32</sup>Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси.\n<sup>33</sup>Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец,и така му побегнав.\n= Глава 12 =\n23 Апостол Павле говори за виденијата и откровенијата што ги имал\n<sup>1</sup>Иако фалењето не е добро, сакам да ви раскажам за виденијата и откровенијата што ги добив од Господ.\n<sup>2</sup>Пред четиринаесет години бев однесен на третото небо. Дали бев грабнат сосе тело, или само мојот дух, не знам. Тоа Бог го знае.\n<sup>3</sup>Бог знае дали грабнувањето беше сосе тело, или само на духот, но знам дека се случи.\n<sup>4</sup>Бев грабнат и однесен во рајот. Таму чув работи што не можат да се искажат, а и не ми беше дозволено да ги кажувам.\n<sup>5</sup>Со таквото доживување можам да се фалам, а со самиот себе не можам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен.\n<sup>6</sup>Кога би сакал да се фалам, има многу работи со кои би можел да се пофалам, и тоа не би било неразумно, бидејќи е вистина. Но ќе се воздржам од фалење. Не сакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи ме и слушајќи ме.\n<sup>7</sup>Но, за да не станам премногу горделив поради многубројните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото, сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност.\n<sup>8</sup>Трипати во агонија Го молев Господ да ме ослободи од него,\n<sup>9</sup>но Тој ми рече: „Ја имаш Мојата благонаклоност и тоа ти е доволно! Мојата сила најдобро се забележува во твојата немоќ!“ Затоа, смело ја признавам својата немоќ зашто така станува очигледно дека Христова сила работи преку мене.\n<sup>10</sup>Затоа, заради Христос, јас смело ги поднесувам немоќта, навредите, маките, прогоните и тешкотиите. Бидејќи, кога јас сум најнемоќен, Господ преку мене дејствува најмоќно!\n24 Загриженост за христијаните во Коринт\n<sup>11</sup>Почнав неразумно да зборувам, но вие ме принудивте. Вие требаше да ме фалите! Иако и јас сум никој и ништо, сепак во ништо не заостанувам зад тие ваши „големи апостоли“.\n<sup>12</sup>Додека бев кај вас, ви дадов доволно докази дека јас навистина сум апостол испратен од Бог. Со голема стрпливост ви беа покажани многу видливи докази, чуда и големи дела.\n<sup>13</sup>Во што бевте запоставени во споредба со другите цркви, освен што не ви бев на товар и издршка? Простете ми што во тоа сум ве “онеправдал!“\n<sup>14</sup>Еве, готов сум и по третпат да дојдам кај вас. Нема да ви бидам на товар, зашто не барам ништо материјално од вас. Вие сте ми важни. Впрочем, не се децата тие што треба да обезбедуваат храна за родителите, туку обратно: родителите ги хранат децата.\n<sup>15</sup>Од моја страна, јас со задоволство ќе потрошам сѐ што имам, па и самиот себе ќе се потрошам, за да ги нахранам вашите души. Но се чини дека, колку повеќе јас ве засакувам, толку помалку вие мене ме сакате.\n<sup>16</sup>Нека биде така. Ќе се согласите дека со ништо не ви бев на товар. Некој може да рече: „Беше таков за лукаво, со измама да нѐ придобие!“\n<sup>17</sup>Дали јас или некој од оние што ги испраќав кај вас ве искористувале?\n<sup>18</sup>На моја молба Тит дојде кај вас, придружуван уште од еден брат. Зар Тит ве искористуваше? Зар тој не оди по моите стапки? Зар и него не го водат истите мотиви што ме водат и мене?\n<sup>19</sup>Можеби ќе си помислите дека ние сега сакаме да се правдаме пред вас. Не! Ви зборуваме како Христови слуги и знаеме дека Бог нѐ слуша. Сѐ што правиме, драги пријатели, е за да ве изградиме.\n<sup>20</sup>Се плашам дека, кога ќе дојдам кај вас, нема да ве затекнам онакви какви што сакам да бидете, поради што ни јас спрема вас нема да бидам онаков каков што вие би сакале да бидам. Се плашам дека меѓу вас ќе затекнам кавги, љубомора, лутина, соперништво, озборувања, омаловажувања, самобендисаност и безредие.\n<sup>21</sup>Страхувам Бог да не ме посрами пред вас, зашто многу ќе се нажалам поради оние што порано грешеле, а досега не се покајале за неморалот, блудот и развратот што ги направиле.\n= Глава 13 =\n25 Строги предупредувања\n<sup>1</sup>Ова ќе биде третпат како доаѓам кај вас. „Секое обвинение мора да биде потврдено од двајца или тројца сведоци“ - вели Светото писмо.\n<sup>2</sup>Во текот на мојата втора посета ве предупредив, а и сега, кога не сум кај вас, однапред ги предупредувам оние што порано грешеле, а и сите други: кога овојпат ќе дојдам, нема да ве штедам!\n<sup>3</sup>Барате доказ дека преку мене зборува Христос!? Ќе добиете! Тој не е немоќен да излезе на крај со вас! Ви има покажано колку е моќен.\n<sup>4</sup>Кога Христос беше распнат, се чинеше дека е слаб, но Тој е сега жив преку Божјата моќна сила. Така и ние што сме со Него изгледаме слаби, но ние живееме со Него преку Божјата сила, со која ќе истапиме спрема вас.\n<sup>5</sup>Проверете се и проценете дали ја имате вистинската вера! Дали Исус Христос живее во вас? Ако не, вие сте лажни верници!\n<sup>6</sup>Се надевам дека ќе се уверите оти ние не сме лажни верници.\n<sup>7</sup>Му се молиме на Бог да не правите ништо лошо. Не со цел да се докажеме ние, туку за да постапувате правилно вие, па макар и да нѐ сметате за лажни верници.\n<sup>8</sup>Наша должност е никогаш да не ѝ се противставуваме на вистината, туку цврсто да застанеме на нејзина страна.\n<sup>9</sup>Се радуваме кога сте вие силни во верата, па макар да нѐ сметате нас за слаби. Се молиме одново да станете зрели христијани.\n<sup>10</sup>Затоа и ви го пишувам ова, пред да дојдам кај вас, за да не бидам принуден да постапам строго кога ќе дојдам, употребувајќи ја власта што ми е дадена од Господ. Зашто таа власт ми е дадена за да изградувам, а не да уривам.\n26 Поздрави и благослов\n<sup>11</sup>На крајот, драги пријатели христијани, сакам да бидете радосни. Стремете се кон духовна зрелост, охрабрувајте се еден со друг, трудете се да живеете во слога и мир. Тогаш Бог, Кој е извор на љубов и мир ќе биде со вас.\n<sup>12</sup>Поздравете се меѓусебно со изрази на искрена љубов. Ве поздравуваат сите овдешни христијани.\n<sup>13</sup>А сега, над секој од вас нека бдеат милостивата благонаклоност на нашиот Господ Исус Христос, Божјата љубов и пријателската придружба на Светиот Дух!", "subject": ["Библија", "Христијанство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%82", "word_count": 6792, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4121", "title": "Зборник на Миладиновци/ Бела Неда и Рус војвода", "text": "Mope Недо, Бела Недо,\nБел трандафил незапукнат\nНеразпукнат, неразц'фтен!\nПречула ce бела Неда\nПерчула се, марчула се\nПо 'с земја околиа,\nВардарската Bардариа\nсон мома сe открала\nМеѓу мајка, меѓу татка,\nМеѓу девет мили браќа,\nДевет 6paќa, девет снаи,\nДванаесет ми мнуци.\nОткрал ја је рус Војвода,\nДренлиата, сам агата;\nПрефрли ја през бел Дунав\nB чаурето, в ливаѓето,\nТам опнаа три чадира\nТри чадира, три миндера;\nЕден чадир, бели чадир,\nДруги зелен, други румен.\nПод бел чадор бела Неда,\nБела Неда с рус Војвода;\nПот зелени сејмените,\nПот румени сиви коњи.\nТри дни Неда мртва лежа,\nРазбуди се в четврти ден,\nТогај веле, ем говоре!\n„Мори Maлe, мила мале!\nПодај, мале, шарен бардак\nШарен бардак студна вода,\nДа cе напиам, да се оладам!”\nТогај веле рус Војвода:\n„Mopи Недо, бела Недо!\nНе cи, Недо, при мајка ти,\nТок' си, Недо, в чаирето,\nПот бел чадар с рус Војвода.”\nKа си дочу бела Неда,\nТогај веле eм говори:\n„Варај, варај рус Војвода,\nМољам ти се, клањам ти cе,\nДа ми даиш остро ношце,\nДа пресеча жолта дуна,\nДа разстопам моја уста!”\nИзл'жа cе pyc Војвода,\nДа и„ даде остро ношце.\nHe разсече жолта дуна,\nTyк' cе Неда убодила,\nОв нејното клето срце,\nИ на место душа даде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D0%A0%D1%83%D1%81_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 209, "cyrillic": 0.976}
{"id": "4125", "title": "Зборник на Миладиновци/ Димитар", "text": "Сношти пo тајната вечера,\nТриста пушки сја пукнале,\nПетстотини момци сја паднале,\nШестотин мајки викнале,\nПетстотин гробове cja нап'лнале.\nВсичките мајки плакале,\nПлакале и преплаквале;\nДимитровата к'та ден,\nПлакала и преплаквала.\nДошло е бела с'бота,\nСвички мајки на гробишта,\nИ плакале, преплаквале,\nДори на гроба заспала,\nHa с'не Димитар дошол;\nПроклета да је мајќата,\nКоја си мајќа плакала,\nTa мртви души грешила!\nАз си бех, мамо, во рај божај,\nТи много плака, преплаква,\nTa м' испадиха от раја.”\nКога сја с'будила мајка му,\nИ било вечер спроти недеља,\nИ си отишла в темни зимници,\nИзвадила најбаш дрехи,\nИ cјa обљакла, и накитила,\nИ си отишла в черкова,\nИ си сја богу молила,\nДимитар да преврне:\n„Боже, да видиш какво драго,\nКога имаш малко детенце,\nИ да порасте детенце,\nИ да му земе помошница.”\nИ трганала през селото,\nCo голем глас викала:\n„Проклета да е мајќата,\nКоја е мајка плакала\nTa мртви души грешила.”\nДе седја господ, та слуша,\nГо преврна Димитар,\nOт малак до голем,\nДа го гледи мајка му,", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80", "word_count": 175, "cyrillic": 0.966}
{"id": "4149", "title": "Зборник на Миладиновци/ 167 песна", "text": "Угреала ѕвезда обденица,\nHe ми бил'а ѕвезда обденица,\nТук' ми била чаша војводоа.\nСлуга служит дете Магдалинче,\nКак слугало, така ми заспало.\nHa место израсте дреој кипароо,\nCo корен фатило земја Каравлашка,\nCo ветка фатило широќа нaиja,\nЛист ми је листило се карагрошеи,\nЦут ми je цутило дробнего бисера,\nРод ми је родило ж'лтана дукада.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_167_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 57, "cyrillic": 0.912}
{"id": "4145", "title": "Зборник на Миладиновци/ Будинска Јана", "text": "Ејди Јано, Будин Јано!\n3а тебе ce Будин биет;\nДва те цара посакале,\nA трекиот ке те грабит!\nСтана Јана ми побегна,\nMи отиде Димна гора,\nДимна гора Богданоа,\nНајде дрео кипароо;\nВо коренот змех му лежит,\nHa врвои славеј пеит.\nMи ce скрила Будин Јана\n3меотому1) под криљата.\nЦарот' пушти три елчии,\nДа ја најдет Будин Јана.\nОтидое Димна гора,\nС'та гора исекое,\nНигде Јана не најдое.\nCe вратие елчиите,\nИ на царот мц кажвеет:\n„Еди наше господаре!\nС'та гора исекохме,\nНигде Јана не најдохме;\nЕдно дрео остаифме,\nHa врвои славеј пеит,\nHa коренот змех му лежит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 100, "cyrillic": 0.93}
{"id": "4137", "title": "Зборник на Миладиновци/ 172 песна", "text": "Бела Јана дворје ми метеше,\nA Стојан си коња потпрааше;\nСтојан Јане тога је велеше:\n„А егиди Јано, бела Јано!\nКако се сакафме, така ce зедофме,\nKyќa немафме, куќа купифме,\nКоњи немафме, коњи купифме,\nОвци немафме, овци купифме\nОвци купифме со се` овчари;\nСе` што немафме госпот ни даде,\nЧедо от срце госпот не даде,\nАљ је от бога, аљ је от луѓе?”\nТога мy рече убаа Јана:\n„Дејди Стојане, мој господине!\nЛељ ме опитвиш, јас ке ти кажам,\nКако ја знаам и ти да знаиш,\nНи је от бога, ни је от луѓе,\nТук' ми је ова мајкина клетва.\nКога сум било лудо малоо,\nЈа сум си било љуто проклето.\nTa ме повила мојата мајка\nИ ме лељала и ме к'лнала,\nTa што ми рекла најлоша клетва\n„Да ми поспиеш, мала Јанико,\nДа ми поспиеш, да ми порастиш,\nДа ми се сториш добра девојка,\nСтопан да најдиш как што ке сакаш,\nСе` што ке немаш госпот да даит.\nДа ми ce сториш мошне богата,\nЧедо от срце, керко, да немаш\nЗашто ми дааш големи м'ки,\nДење и ноќе, керко, ми плачиш.\nКог' ке засвирит риба летница\nРиба летница пo црно мope,\nКо' ке запеит камен станоит\nКамен станоит на Нико-поле,\nТи тога чедо да си добиеш.” -\nТога ми рече убаа Јана:\n„Ејди Стојане, мој господине!\nОлку си имаф збор да ти кажа,\nСакаш ме тераш, сакаш ме држиш,\nЈас ти и казаф моите греои.”\nСтојан је назот зборат вратило:\n„Егиди Јано, млада невесто!\nМногу без чедо, Јано, и ниe,\nКе поминеме и ние вака,\nЈас ти се мољам, ти да не жаљаш;\nНикоја мајка чедо не к'лнит,\nЧедо не к'лнит, чедо да немат,\nТуку ни било касмет от бога.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_172_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 285, "cyrillic": 0.982}
{"id": "4104", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко кралевике, Делетин војвода, Иво и хубава Гроздана", "text": "Попитале убаа Гроздана,\nПопитале три добри јунаци:\nПрви пита Марко Кралевике,\nТамо браќа не ми ја давает,\nЗашто ми je Марко пијаница;\nОт' пo нeгo Детелин вајвода,\nТамо, браќа не ми ја давает,\nЗашт' на сабја ми je кесеџија;\nA третиот Иво добар јунак,\nТамо браќа ми ја посвршие,\nЗашто ми је умно и разумно.\nМало Иво посвршено стоа,\nИ си кани китени сватои.\nКако кани така му дојдое,\nCи и кладе на чесна трпеза,\nЈадет, пијет голем аинк чинет.\nИво влезе во земни керали;\nMи говорит Иво добар јунак:\n„А егиди сестро Ангелино!\nОткључи си твои шарен ковчег,\nИзвади ми мое белој рубо.”\nИ си стана сестра Ангелина,\nCи откључи свои шарен ковчег,\nMy изваи бурунџи кошуља,\nНад кошуља црвена долама,\nA нa глaa калпак самурлиа,\nCe промени лепо се наружи.\nКинисае п' убаа нееста.\nБог го уби Марко Кралевике,\nБог го уби Детелин Војвода!\nШто ми ошле во гори зелени,\nДа чекает Иво добар јунак,\nКога к' идет п' убаа нееста,\nHeг' да губет, нееста да грабет.\nОтидое п' убаа нееста;\nТамо лепo ми и пречекае,\nСите јадет, и веселба чинет,\nAмa Иво умилен ми седит.\nГo догледее до девет шуреи;\nИ говорет до девет шуреи:\n„Ејви вие верни побратими!\nСите јадет и веселба чинет,\nЗашто Иво умилен ми седит?”\nИ им кажвет верни побратими:\n„А егиди до девет шуреи!\nЗашто Иво умилен ми седит?\nБог гo убил Марка Кралевиќа,\nБог го убил Детелин Војвода!\nЗашто им е сестра не дадофте,\nЕто имат триесет момчина,\nСите ми се јунак над јунака,\nИ ми ошле во гора зелена,\nКог ке врвит Иво со нееста,\nКе му грабет Ивоа нееста,\nA млад Иво ке ми гo загубет?”\nИ говорет до девет шуреи:\n„Стојте вие верни побратими,\nД' опитаме наша мила сестра!”\n„Мила сестрo убаа Гроздана!\nБог го убил Марка Кралевике,\nБог го убил Детелин Војвода!\nЗашто им те, сестро, не дадофме,\nЕто имат триесет момчина,\nСите ми се јунак над јунака,\nИ ми ошле во гора зелена;\nKoг' кe врвит Иво со нееста,\nКе му грабет убаа нееста,\nАма Иво младо ке загубет!”\nТога вори сестра Ангелина:\n„А егиди мои девет браќа!\nАљ това ве, браќа, брига нашло?\nЈас ке слеча рубо неестинско,\nДајте мене рубо јунакоо,\nКе се чина млади муштулџиа,\nTa ке ода напред пред сватои;\nA млад Иво пo мене да идет.”\nЈе дадое рубо јунакоо,\nCe промена, лепо ce наружи,\nCи киниса напред пред сватои,\nA млад Иво пo нea сo сватои,\nMи приблиза во гора зелена;\nТука најде Марка Кралевике,\nТука најде Детелин Војвода,\nК'де седет триесет момчина.\nЈа видое, от далеку викат:\n„А егиди млади муштулџиа!\nАли идет Иво со нееста?”\nИм говори млади муштулџиа:\nA егиди незнаени дељи!\nКамен тебе, камен него било,\nИ нeгo ми браќа измамие,\nИ нему ми неста не дадое;\nMи ja дале дури преку море\nПреку мрое дури Арветино;\nТук' дајте ми вода да с' напиа,\nОту после п'тот да си трга!”\nCи c' олади са студена вода,\nИ си тргна да си оит п'тот.\nП'т си тргна пo зелена гора,\nМи ce најде на Ивои порти;\nЕднош кљуквит a два п'ти виквит:\n„Ја отвори сестра Ангелино!\nОтвори си наши вити порти,\nОти идет Иво co нееста!”\nCи отвори сестра Ангелина\nИ пречека млади муштулџиа,\nГо пречека и в образ го баци,\nИ го баци, и ашик се стори\nAшик ce стори на муштулџиа.\nПовтор ми доиде Иво со сватој;\nГо пречека сестра Ангелина:\n„Добро дојде мое мило брате\nМило брате, Иво добар јунак!\nО што добро отаде ни дојде!\nHe пуштифме таквој младо добро!\nAли ти ce брате, милно моља\nДа ме даиш за млад муштулџиа!”\nТога ворит Иво добар јунак:\n„А егиди сестро Ангелино!\nАљ за мене добро, аљ за тебе!\nТаја не је млади муштулџиа\nТуку му је убаа нееста!”\nТога ми се сестра устрамила,\nTa cи влезе во земни керали,\nНичкум легна, дробни c'лsи ронит\nДури ми го керал завадила.\nЈе говорит Иво добар јунак:\nМ'лчи, м'лчи, сестра Ангелино!\nКако најдоф љубов спроти мене,\nТак' ке најдам момче спроти тебе.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B5%2C_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0%2C_%D0%98%D0%B2%D0%BE_%D0%B8_%D1%85%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%93%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 674, "cyrillic": 0.966}
{"id": "4155", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стумница невеста", "text": "Ѕид ми ѕидале девет мајстори,\nДевет мајстори до девет браќа,\nДење ѕидале ноке падало,\nCe обложиле девет мајстори,\nКој ке ми доит рано со ручек,\nМие него темел да го клаиме.\nHa вечер сите дома појдоа,\nИ си казаа на свој невести:\nМано Маноле младо мајсторче,\nТоа не каза своје невесте,\nРано ранила Струмна девојка,\nРано ранила ручег зготвила,\nИ им отнесла најрано ручег.\nКага ја виде младо Маноле,\nHa часот викна тај да си плачит.\nИ ја грабнаа девет мајстари,\nИ ја фатиа млада Струмница,\nИ ја ѕидаа темел да траит,\nИм се молеше Струмна невеста:\n„Девет мајстори, до девет браќа!\nОстајте ми ја десната р'ка,\nДесната р'ка, левата боска,\nДа си надовјам м'шкото дете.”\nЈе остаиа десната р'ка,\nДесната р'ка, левата боска.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 129, "cyrillic": 0.977}
{"id": "4143", "title": "Зборник на Миладиновци/ Краљовица и Турчин војвода", "text": "Седнала је Краљовица\nКраљовица, Бановица\nHa високите палати,\nКрај честите пармаци,\nДете љуља песна пee:\n„Нани сино, да порастиш,\nHa тејковото ти место,\nМили сино, да поминиш.”\nТам дека дете љуљаше,\nПричукаха на портите,\nДваш чукнаха, триш чукнаха:\n„Ела, ела Краљовице,\nДа отвориш тешки порти!\nHиe не сме лоши људе,\nТоку сме твои овчаре,\nCи идеме от планина\nТи носиме благината”.\nИзл'жи се Краљовица,\nТешки порти си отвори.\nCe наполнаха рамни дворје\nСе` војводови сејмени,\nНапрет је Турчин Војвода.\nКа ги виде Краљовица,\nМошне се она уплаши.\nТогај веле војводата:\n„Краљовице, Бановице!\nШто си толку уплашена,\nДур' на инсам не омјасаш?”\nТогај веле Краљовица:\n„Добре дошле, мили гости,\nКачејте се на дивани!”\nCe качиха на дивани,\nTa влезеха в одајата,\nTa седнаха ред пo редом;\nИм кладоха да вечерат.\nНакараха Краљовица,\nОна диван да им стое.\nТотај веле и говоре\nКраљовица, Бановица:\n„Варај, варај ти Војводо!\nПуштејте ме долу д' одам,\nЈас да пуштам мала бочва\nБлаго вино тригодишно,\nДа пијете като гости.”\nCe изл'жа Турчин Војвода\nИ војводови сејмени\nCe изл'жаха, ја пуштиха.\nHe cи појде кај бочвите,\nHe cи пушти благо вино,\nТок' си узе остра сабја,\nЈа опаша на тенка си\nHa тенка си половина,\nTa ce качи в одајата,\nCи искара остра сабја,\nCe заврти лево, десно,\nСите ги је посечела,\nОстанал Турчин Војвода;\nПа фати верно да моли:\n„Ти се мољам Краљовице,\nНемој мене кајдисуи!”\nTa cи фати рус Војвода,\nHose секла до колена,\nР'це секла до лактите,\nMy изврти црни очи\nЦрни очи от главата\nГо качи на брза коња,\nПa мy даде тој стребрен тас,\nMy нар'ча да си шета\nИ за бога да си сака.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%99%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B8_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 278, "cyrillic": 0.935}
{"id": "4151", "title": "Зборник на Миладиновци/ Више Гркина и Еврејче", "text": "Личба личила више Гркина,\nKoj ми је кадар, кој ми је вреден,\nДа ми напраит нат море таван,\nHa таван лозје, пo брегој дуни;\nДа и работа за три години,\nДури да родет дуните дуни,\nДуните дуни, лозјето грозје;\nСобрале ми ce, набрале ми се,\nНабрале ми ce триста јунаци,\nНикого око не мy го фати,\nДа ми напраит нат море таван,\nНат таван лозје, пo брегој дуни;\nMи ce наема ж'лто Еврејче,\nДа ми наприат нат море таван,\nНат таван лозје, пo брегој дуни;\nДа и работа за три години,\nДури родиа дуните дуни,\nДуните дуни, лозјето грозје,\nДа и однесе више Гркине,\nЛичба личила више Гркина:\n„Кој ми ј е кадар, кој ми је вреден,\nДа ми ce фрлит во стреде море,\nДа ми истаит риба моруна.”\nСобрале ми ce, набрале ми сe,\nСобрале ми ce триста јунаци,\nНикого око не му го фати.\nШто ми cc нajмe ж'лто Еврејче,\nДа ми се фрлит во стреде море;\nИ ми ce фрли во стреде море,\nTa ми извади риба моруна,\nTa je однесе више Гркине.\nЛичба личила више Гркина:\n„Кој ми је кадар, кој ми је вреден,\nДа ми устрељат ѕвезда Деница,\nЅвезда Деница низ стребрен прстен.”\nСобрале ми се, набрале ми cе,\nНабрале ми се триста јунаци,\nНикому око не му го фати.\nШто ми се најде ж'лто Еврејче,\nДа ми устрељат ѕвезда Деница,\nЅвезда Деница низ златен прстен;\nTa ja устреља ѕвезда Деница,\nЅвезда Деница низ златен прстен.\nВише Гркина пo црни очи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%92%D0%B8%D1%88%D0%B5_%D0%93%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 249, "cyrillic": 0.94}
{"id": "4147", "title": "Зборник на Миладиновци/ Бојана војводка", "text": "Бојано, млада војводко!\nБила Бојана војводка,\nБила е девет години,\nПокарала е десета,\nНиде човј ак не видјале,\nКамо ли пара да земат;\nПродадоха си конете,\nИзјадоха си парите.\nСтојан Бoeни думаше:\n„Мома сестрице, Бојано!\nJa хајде да са разнесем,\nОвчере да са наглавим\nПo бегличките сјурии!”\nA Бojaнa мy думаше:\n„Почакај, бае Стоене,\nЧе ми е хабер втасало,\nЧе иде мома Кирима\nКирима, бела кад'на\nCcc турска хазна голема,\nСос деведесет џељате,\nC cтo и дваесет харапе.”\nПa излезе на планина;\nTo и Кирима довтаса\nСос тешка хазна голема.\nИзљала беше Бојана\nБојана млада војводка,\nTa нa Кирима думаше:\n„Кирима бела кад'но!\nЊашто да ти се помола,\nДавно ми молба помине;\nЈа предари ми момците,\nШто да е господ подарил,\nМакар червене дукате!”\nИ Кирима и` думаше:\n„Дејгиди курво Бојано!\nИ теб ли да се побоја,\nМомците да ти предара,\nСос деведесе џелате,\nC сто и дваесе Харапе.”\nMи ce једоса Бојана\nБојана, млада војводка,\nИзвади сабља френгија,\nTa ja двап'ти прегрна,\nИ три п'ти ја цалуна,\nTa ca на сабља помоли:\n„Сабљо ле, моја сестрице!\nТолкова ма си слушала,\nТоко ма сега послушај,\nДа взема хазна голема!”\nПa cja Бojaнa завртја\nТу на лево, ту на десно,\nКога се назад обрна,\nТоко Кирима остала\nВов таја златна кочија.\nБојана каже Кирими:\n„Киримо, бела кад'но!\nПодај си глава на в'нка,\nГлавата да ти отрјажа,\nДа не крвава кочија.”\nКирима и се молеше:\n„Бојано мила сестрице!\nПросто да ти е хазната,\nТоко си мене не губи,\nЧе с'м едната на мајќа,\nTa пa ако с'м едната,\nАми с'м млада годена\nГодена, a неженена!”\nБојана е не послуша,\nНавлезе в златна кочија,\nКирими глава отрјаза,\nПa ca Бојана провикна:\n„Дружина верна, зговорна!\nКој на к'де е, да доде,\nДа земи тешко имање,\nКој колко може да дигне,\nАзе шта с кола да карам.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BA%D0%B0", "word_count": 312, "cyrillic": 0.949}
{"id": "4106", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко, Секула и краљ Латинина", "text": "Седит Марко на диван високи,\nMy паднала книга на рамена,\nКнига пеит, под мустак се смеит.\nГо догледа млада Маркоица: -\n„Ајти Марко, мое господине!\nШто те тебе нужба дотерало,\nКнига пеиш, под мустак се смеиш?”\nИ говорит Марко Кралевике:\n„Ајти тебе млада Маркоице!\nДопуштило краља Латинина,\nКраљот има една мила керка,\nЈас си има една мила сина,\nМие да се оба сусватиме,\nA два млади да ce суземеет.\nАјти тебе млада Маркоице!\nАј влези си во шарена ода,\nДа откључиш шарена ковчега,\nДа извадиш рубо копринено,\nДа промениш Секула детето,\nИ да зготвиш до два брзи коња.”\nИ си стана млада Маркоица,\nИ сu стана од диван високи,\nИ си влезе во шарена ода,\nCи одкључи шарена ковчега,\nCи изваде рубо копринено,\nCи изваде црвена калпага,\nHa калпага до три пepja златни,\nГо промени Секула Детенце,\nИ изваде да две брза кања.\nИ јавнее два добри јунака;\nДете греит како летно с'нце;\nИ одее тие што одее.\nИ догледа краљот од дивани;\nКраљ ја викна своја мила керка,\nCи јa викна на диван високи,\nИ ја учит своја мила керка:\n„Ајти тебе керко Ангелина!\nАј влези си в шарена одаа,\nДа откључиш шарена ковчега,\nИзваи си рубо девојкино,\nПромени се, лепо наружи се,\nДа излезиш на витине порти,\nИ ке доит Марко Кралевике,\nДа се спуштиш Маркоје коњ да фатиш,\nДесна р'ка нему да целиваш,\nИ пак страмна назад да се вратиш;\nA нa дете поклон поклони се.”\nКако ука краљот је научи,\nТака ука керка му је фати;\nИ си појде во шарена одаа,\nCи откључи шарена ковчега,\nCи изваде рубо девојкино,\nCe промена, лепо се наружи,\nTa излезе на витине порти.\nНачас дојде Марко Кралевике;\nTa ce спушти коњот му го фати,\nДесна р'ка на Марка целива,\nИ пак назад страмна ми се врати;\nA на дете поклон се поклони.\nИ пречека краља Латинина,\nИ и кладе на диван високи,\nИ им тури вино и ракиа;\nИ гоштаа дена за недеља.\nИ говорит Марко Кралевике:\n„Ајти тебе краља Латинина!\nДоста јадофме доста пифме,\nДоста пифме за радост голема,\nАј зготви ни керка Ангелина.”\nИ говорит краља Латинина:\n„Ајти тебе Марко Кралевике!\nКак ке ти дам керка Ангелина,\nДур' не сторит дете јунаштина?\nЈас си имам црна Арапина,\nШто го држам во црна з'ндана,\nШто го ранам за седум години,\nКе го извам црна Арапина\nДа се борит Секула co нeгo,\nДа се борит с тонка полоина.”\nCe зачуди Марко кралевике,\nИ појде при своја брза коња,\nГо опитват своја стара коња;\nСтара коња тога му говорит:\n„Ајти тебе Марко Кралевике!\nДа си земит Секула Детенце,\nДа си земит фрушките ножина,\nДа и клаит во русото перче,\nДа пресечит н' Арапот чинтјани.”\nИзваие црна Арапина,\nИ си слезе Секула Детенце,\nИ си слезе во рамни двореи,\nИ се удри с црна Арапина,\nДа се биет с тонка полоина.\nШто се бие три дни и три ноке,\nНи Арапин, ни Секула падвит.\nОт Арапин црни крви течет;\nA Секула бели пени пуштат;\nНаодзади Дете ке загинит.\nПрипиштие моми и невести,\nИ тога ми коња при'ржало,\nКоњ ми 'ржна, Секулу му текна,\nИ изваде фрушките ножина,\nMy пресече црнине чинтјани;\nИ си падна црна Арапина,\nГо префати Секула Детенце,\nГо префати преку полоина,\nГо закачи в земи до појаса\nИ истргна таа остра сабја,\nMy пресече таја црна глаа,\nИ ја качи на диван високи,\nИ си седна на чесна трпеза.\nКраљ им тури вино и ракиа,\nКрал им тури три дни и три ноке.\nПак говорит Марко Кралевике:\n„Доста не врти, краља Латинина,\nАј зготви ни убаа нееста!”\nИ говорит краља Латинина:\n„Ајти тебе Марко Кралевике!\nДур не сторит друга јунаштина,\nHe ти даам керка Ангелина;\nКе нагорам една силна фурна,\nКе ја гора три дни и три ноште,\nПосле дете во фурна ке фарља,\nОту ке му даам Ангелина,\nМарко стана од диван високи,\nИ опитвит своја стара коња.\nИ говорит нему стара коња:\n„Ич за това да не бериш гајле;\nДа ме јавнит Секула Детенце,\nИ co мене малу да поиграт,\nПокрај фурна ја ке се застоја,\nСилна фурна ја ке ја угасна;\nЈа сум испил три студни кладенци.”\nКако ука што ми го научи,\nТака ука Секула фатило.\nКога фурна ми ја нагориe,\nТогај јавна таткоа си коња,\nПокрај фурна коња си поигра.\nКоња фурна ми ја угаснала;\nСлез' от коња во фурна си влезе,\nИ от фурна дете си излезе,\nИ се качи на диван високи.\nПак краљ тури вино и ракиа,\nВино пијет три дни и три ноке.\nИ говорит Марко Кралевике:\n„Ајти тебе краља Латинина,\nАј зготви ни убаа невеста!”\nИ говорит краља Латинина:\n„Дур' не сторит дете треки унер,\nДа препливат преку црно Mope;\nТамо имат злата јаболшница,\nДа ми скинит три златни јаболка,\nТака даам керка Ангелина,\nСтана тога Марко Кралевике,\nCи отиде при својата коња,\nИ му кажвит к'де оит дете.\nИ му велит негва стара коња:\n„Да ме јавнит Секула Детенце,\nЈас ке одам со дете до тамо.”\nИ го јавна Секула Детенце,\nИ му стегна до девет колани,\nИ се фрли п' она црно мope.\nИ одее тие што одее;\nИ излезе морскана ламиа,\nИ на коња п'тот мy престрети.\nТога коња дете ми го учит:\n„Ај земи си сабја потајница,\nДа пресчиш коса на Ламиа.”\nCи изваи сабја потајница,\nЈе пресече на Ламиа коса;\nИ излегве тие на краиште.\nИ п'тем најдое до три вити ора;\nОра беа сите самовилски.\nТога коња ука го учеше:\n„Ајти тебе Секула Детенце:\nДан' се пулиш во три вити ора,\nЕли нешто да им прогоориш!”\nИ оделе тие што оделе;\nИ им зборвет до три вити ора:\n„Ела, ела незнаен делиа,\nЕла да се оро надиграме!\nЕла камен да се надфрљаме!\nЕла прстен да се надменвиме!”\nA Секула не им одгоорвит.\nПојдое до злата јаболшница.\nДете сакат три јаболка да скинит,\nКоњ сакат да ми ја откорнит.\nЈа навали на десното рамо,\nИ от корен дете ја откорна,\nИ ја зеде во десната р'ка;\nИ пак спливнаа в ана црно море\nИ одее тие, што одее.\nНигде краљот веке не и глеат;\nA Марко се низ диван разшетвит.\nКраљот тури да јадат да пиет\nДа пиет за Секулоа душа.\nУште речта не је дорекое,\nНачас стигна Секула Детенце;\nНи ми викат, ни кљукат на порти,\nТук се фрли над бела бедена,\nИ си влезе во рамни дворои;\nЈе закачи златна јаболшница,\nЈе закачи во рамни дворои,\nИ се качи на диван високи.\nКраљ им тури вино и ракиа,\nИ им даде керка Ангелина,\nИм тоари азно неброено,\nИ краљ лепo ми и попратило.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%2C_%D0%A1%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B8_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%99_%D0%9B%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 1090, "cyrillic": 0.982}
{"id": "4108", "title": "Зборник на Миладиновци/ Шаина робина и Марко", "text": "Отбегнала Шаина робина\nОтбегнала от града Стамбола,\nПопленила зелена пастуфа,\nОтбегнала во гора зелена,\nMи удрила зелена чадора.\nЛичба личит цара от Стамбола,\nЛичба личит три дни и три ноке -\n„Кој је јунак од јунака роден,\nДа ја наит Шаина робина,\nВамо жива да ми јa донесит,\nЈас му даам два бели градои,\nЈас му даам града Каменлиа,\nСкопје града до тиок Вардара.”\nНикој ми се тога не најмело,\nНајмело ce ж'лтоно Еврејче:\n„Ајти тебе цape oт Стамбола:\nДај ми мене седумдес'т јунаци,\nЈас ке појдам во гора зелена,\nКе загубам Шаина робина,\nЕли жива ке ти ја донесам.”\nИ ми зеде седумдес'т јунаци,\nMи отиде во гора зелена.\nКак приблиза кpaj зелени чадор,\nСилно одит ж'лтоно Еврејче.\nОд далеку Шаина му викат:\n,, Застој те се седумдес'т јунаци,\nДа си зберам моја црна коса!”\nЈе сторие ред и седнае,\nРазседнае пo руда ледина.\nДур си собра своја црна кoca,\nИ запрегна поли и р'каи,\nИ ми јавна кобила ластојца,\nИ ми зеде сабја калаклиа,\nCe разврши пo руда ледина,\nЕднош мавна сo p'кa десница,\nЈе загуби ж'лта Евреина;\nКако удри на десно, на лево,\nMи загуби седумдес'т јунаци,\nИм напраи седумдес'т гробој,\nТаја сите ми и закопала;\nЕвреина не закопан остај,\nЈа остаи н' еден мрамор плоча,\nДа го кинет opли и аршлани.\nMи допуштат цара од Стамбола\nMи допуштат млада татарина,\nMи гo пуштат во града Прилепa.\nПрау одит на Маркои порти,\nЕднош кљуквит, a два п'ти виквит:\n„Ја излези, Марко Кралевике!\nОт' сум пуштен од града Стамбола,\nКе ти даам книга аманета;\nТебе кажвет мошне добар јунак,\nЌа те пуштит цара од Стамбола,\nЏеинк да чиниш с една женска полa,\nИме имат Шаина робина.\nТаја била мошне малечкава,\nКога ми је неа поплениле,\nЛагам, фара таа не знаела.\nЛичба личит вo Стамбола града,\nКој јес јунак од јунака роден,\nДа ја фатит Шаина робина,\nВамо жива да ми ja донесит.\nИ се најме ж'лтоно Еврејче,\nMи пособра седумдес'т јунаци,\nMи отиде да ми ја загубит;\nA Шаина коса си чешлаше,\nМолба стори да ми се застоет,\nДури да си коса пособерит;\nРед је чинит дури коса собра.\nТамо имат еден станој камен,\nA во камен кобила ластојца;\nШто ми летат тука не ми врвит.\nКога стана Шаина робина,\nЗапрегнала поли и р'каи,\nОпасала сабја калаклиа,\nCe разврши пo руда ледина,\nЗагубила ж'лта Евреина\nИ другите седумдес'т јунака.”\nТог' говорит Марко Кралевике:\n„Ајти тебе млада татарина!\nАјде одај во града Стамбола,\nНејќум другар да идет со мене,\nСам ја идам во гора зелена.”\nИ ми појде во гора зелена\nПрау одит при зелени чадор;\nA Шаина под чадор ми седит,\nОд далеку Шаина му викаше:\n„Добре дојде, незнаена дељо,\nАљ си Турчин, али си каурин?”\nMи говорит Марко Кралевике:\n„Не сум Турчин, Шаина робина,\nТук ја сум, Шаина, хрисјанин.”\nОт која фара и роднина си?”\n„Ајти тебе Шаина робино!\nЈаска сум си Марко од Прилепа.”\nПак му велит Шаина робина:\n„Ајти тебе Марко од Прилепа!\nЈа соблечи твоја десна р'ка,\nДа ти видам што нишани имаш?”\n„Ајти тебе Шаина робина!\nШто ти требит да бараш нишани?”\nПак му велит Шаина робина:\n„Не љути се, Марко Кралевике!\nАли, Марко, имаш ти на памет,\nОти бефме мие до две сестри,\nПоголема беше Ангелина,\nСтреден беше Марко палаина,\nA пo нeгo Шаина најмала.\nКог' се стори во Прилеп бугуилак,\nКог' дојдоа Турци Јаничари,\nТога мене Турци попление,\nМ' однесое пo града Стамбола,\nЗошто ја беф од голема фара,\nMe сторие цару измеќарка.”\nТога велит Марко Кралевике\n„Ајти тебе Шаино робино!\nТа разголи твоите бели гр'ди,\nДа ти видам што нишан ми имаш?”\nCи coпaca свилена појаса,\nИ отвори свои бели гр'ди.\nКога виде Марко Кралевике,\nТога виде и Марка заверва.\nТог' се пушти и си ја прегрна;\nHe ja грнит, како за асмиа,\nТук ја грнит как за мила сестра.\nОт што ми се силној прегрнаа,\nДо колена в земи пропаднаа;\nМарко плачи и Шаина плачи,\nHe можеа да се отделеет.\nC' разделие, и чадара расипее,\nДа не идет Турци газепчии.\nТој си јавна своја брза коња,\nA Шаина кобила ластојца;\nHe ми оит во града Стамбола,\nТук' ми оит пo стреде Прилепа,\nИ ми викат на млада Маркојца:\n„Отвори ни наши вити порти,\nЗемај мужде от нашата мајка,\nОт се роди наша мила сестра.”\nИ час појде млада Маркоица,\nДа ми земат мужде од свекрва.\nКак је кажа, мајка ничкум падна;\n,,Што ке бидит овој голем унер!\nЕво имат триесет години,\nКако ми ја Шаина пление,\nЈа пление Турци Јаничари,\nЈадам, пиам дробни с'л'ѕи ронам,\nA ja тебе не сум ти казала;\nТук' до к'де имаме роднина,\nДа канитe гости пријатели,\nЗашто Шаина си докрепи вера.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A8%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE", "word_count": 787, "cyrillic": 0.976}
{"id": "4153", "title": "Зборник на Миладиновци/ Димни Марко и Елена невеста", "text": "Кинисале две девојки,\nДве девојки вишоранки,\nДа ми одет на клаенец\nHa клаенец на Д'бои,\nДа ми белет бело платно,\nЗапеале лепа песма,\nЗа Елена Маркоица:\n„Јазак, јазак, бре Елено,\nШто отљуби Димни Марка,\nПa заљуби левен Дука,\nТвоега мили побратима!”\nИ и дочу Димни Марко,\nКад' приблиза до клаенец:\n„Две девојки, две другачки!\nКе ви даам п'еден дукат,\nЗапеите таа песма,\nШто ја преѓе ја пеефте,\nЗа Елена Маркоица!”\nДве девојки јa запеа,\nЈазак, јазак бре Елено,\nШто отљуби Димни Марка,\nИ заљуби левен Дука,\nТвоего мили пабратима.”\nПојде Марка на дивани,\nје велит стопанке си:\n„Еј Елено, домакинко!\nСакам гости да си канам,\nИ да канам, левен Дука,\nТвоега мили побратима,\nКога мие да пратиме?”\nТаја рече „сама одам.”\nИ ja прати да гo канит,\nТој се качи на дивани,\nИ ја зеде дулбиата,\nИ сам Марко и довиде,\nК'де тија си играа,\nНегде годе се дирает,\nИ со коњи се надтрчват.\nMи дофтаса левен Дуко,\nПридојдое други гости.\nТогај рече Димни Марко:\n„Еј Елено, домакинко!\nКоја слуга ти ке чиниш?\nИли cвeќa да си држиш,\nИли слуга да си служиш?”\n„Ејди Марко! му говоре\nСлуга ја да си послужам,\nДа не некој ме потфатит,\nЗа мојата бела р'ка,\nТебе добро не ке паднит;\nA ja свеќа да ти светам.”\nМарко зеде рогузина,\nЈа намачка со катрана,\nЈа завитка Маркоица,\nЈа изгори домакинка;\nДа се знаит паметуват,\nОтљубила Димни Марка,\nЗаљубила левен Дука,\nЛевен Дука мил побратим.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%95%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 243, "cyrillic": 0.984}
{"id": "4157", "title": "Зборник на Миладиновци/ Тодора, Богдан и Никола", "text": "Мома Тодоро, Тодоро!\nТргнала ми ј е Тодора,\nНа планината на снопе,\nCo нeинo либе Богдана,\nБогдан Тодори говори:\n„Либе, хубава Тодоро!\nЗеми ми, либе, кабуре,\nДо седумдесет и седем.”\nПослушала го Тодора,\nTa му е зела кабуре,\nTa cja на снопе отишли,\nМинаха полe широко,\nНастанаха гора зелена.\nБогдан Тодори думаше;\n„Либе, хубава Тодоро!\nЈа викни, мома, та запеј,\nТаја ми песен јунашка,\nДето два гласа износи,\nA нa четири доноси,\nИз едно грла два гласа,\nИз една уста две думи!”\nA Тадора му думаше:\n„Либе ле Богдане, Богдане!\nВикнала бјах, запала бјах,\nАла не смеја, не мога,\nОт Никола харамија,\nЧе ма напреди искаше,\nПa мама не ме даде,\nCега гo кажват, либе ле,\nПo Taja гopa зелена,\nCo седумдесет јунаци,\nCo седумдесет и седем,\nTa ште ма позна пo глaca,\nTa штe cи преко прекасне,\nТебе ште младо погуби,\nМене ште млада да земе.”\nA Богдан си и` думаше:\n„Не бој са, либи Тодоро!\nДо де је Богдан при тебе,\nCo седумдесет кабуре\nCo седумдесет и седем.”\nПослушала го Тодара,\nВикнала мома, запјала,\nТаја ми песен јунашка,\nДето два гласа износи,\nA на четири доноси.\nКа бе ја зачул Никола,\nНикола млад арамија,\nA тој ја позна пo глaca,\nTa пa ги преко пресрештна,\nCo седумдесет дружина.\nКа бе ги видел млад Богдан,\nКабур след кабур вргаше,\nЈунак след јунак падаха;\nПa cи г' истрепа млад Богдан,\nДо седумдесе јунаци,\nTa гo бе остал Никола,\nПa c' cјa двата бориле,\nTa ca три дни бориле,\nДо три дни, и три ношти.\nБогдан Тодори думаше:\n„Либе, хубава Тодоро!\nHe седи, либе, та гледај;\nHa кому годе поможи,\nКај годе да си надвие,”\nТја бркна десни џепове,\nИзвади влашко ноженце,\nБогдану јучкур прерјаза,\nДа му надвие Никола,\nДа си ја земе Тодора,\nБогдану господ памогна,\nИз врх го глава издигна,\nTa гo в земјата закара.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%B0%2C_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 306, "cyrillic": 0.918}
{"id": "4135", "title": "Зборник на Миладиновци/ Радич јунак и Арапин Амза-бег", "text": "Радич јунак вино пие,\nВо тие ладни механи\nC неговиот мил побратим,\nЦрн Арапин Амза бегот.\nПиат, једат на механи,\nИ добар аинк си чинат\nОт ден до ден три недели,\nC вечерите шест недели.\nТогај веле црн Арапин:\nВарај, варај Радич јунак!\nАрно пихме и јадехме,\nДобар аинк си чинехме,\nНешто облак нe чинехме.\nЕла да се обложиме;\nКој је вреден да обиде\nДо седумдесет дервени\nИ осумдесет клисури,\nДа се врне в грат Солуна\nВо Солуна на cтap кадја,\nДа му земе голем нишан\nГолем нишан бела книга,\nHa мене да ја донесе\nOт как слонце кe yrpee,\nДо как слонце кe ми зајде,\nГолем бaкшиш ке му даам,\nДо три кожи биволачки,\nПолни, рамни ж'лти флорин.”\nТогај веле Радич јунак:\n„Јас сум вреден да прошетам\nДо седумдесет дервени\nИ осумдесет клисури,\nДа се врнам во Солуна,\nПри cтap кадја, да му земам\nГолем нишан бела книга,\nОт ка' сонце кe yrpee,\nДур' ка' сонце кe заоде,\nИ па тука да се најдам,\nАк' н' обидам, не прошетам\nГолем бакшиш кe ти даам,\nБрза коња с остра сабја;\nТогај веле црн Арапин:\nШто си клаваш брза коња,\nТова конско, пчошко месо,\nШто таксуваш остра сабја,\nТова 'ржаво железо!\nЕла клај првата љубов,\nCo cи твое м'шко дете;\nТогај рече Радич јунак:\nАк' н' обидам, не прошетам\nПрва љубов с м'шко дете\nНека ти је твоја љуба.”\nOт там стана Радич јунак,\nCи отиде дури дома,\nH' Ангелина и` говоре:\nАнгелино, прва љубов!\nНељ мие се обложихме,\nC црн Арапин Амза бегот,\nТебе в облог ја те кладох,\nCo ce наше м'шко дете.\nАк' обидам, aк' прошетам,\nДо седумдесет дервени,\nИ осумдесет клисури,\nДа се врнам во Солуна,\nHa cтap кадиа да земам\nГолем нишaн, бела книга,\nОт кa' слонце ке угрее,\nДур' ка' слонце кe заоди.\nАко дојдам кe му земам,\nДо три кожи биволашки,\nПолни, рамни ж'лти флорин.”\nРече Радич и cи легна:\n„Ак' с' успијам, да ме скорниш.”\nКа' си легна, ка' си заспа;\nАнгелина не заспала,\nК'д' било је ос'мнало,\nСлонце склонило на ручек,\nCe свалила Ангелина,\nБрза коња му оседли,\nMy оседли, мy престегна,\nКопитото му бакнува,\nИ на верно му ce моле:\n„Tи ce мољам брза коња,\nДан' оставиш Радич јунак,\nРадич јунак, твој стопан,\nHa меани вино да пие!”\nПa ce качи на дивани,\nHeли над него застана,\nЗастана солѕи порони,\nHa негово бело лице.\nГ' изгореха жешки солѕи;\nСкоро нa ноѕе се најде,\nТогај веле и говоре:\n„Ангелино црнооко!\nШто м' остави да с' успиам?\nТебе Арапин кe земит.”\nCe качи на брза коња,\nГо удри сос зенгиата,\nTa прошета, и изшета,\nДо седумдесет дервени,\nИ осумдесет клисури.”\nCe врна в града Coлунa,\nДо Солуна при к'адиа,\nДек' пладнина си клањаше,\nHa кадиа си говоре:\nЕј кадио, cтap кадио!\nМене пушти Амза бегот,\nДа ми даиш бела книга.”\nПa му веле cтaр кадиа:\n„Иди Радич на меани,\nДа попиеш ладно вино!”\nСврти коњот Радич јунак,\nПојде на ладни меани,\nСедна си вино да пие,\nОт пладнина д' икиндиа,\nHe му текна да си стане,\nДа појде кај стар кадиа.\nПa му веле брза коња:\n„Варај, варај мој стопане!\nАјде стани да појдиме.”\nТебе кадја ке изл'жи,\nКе ти земе прва љубов.”\nОт там стана Радич јунак,\nОтиде на стар кадиа,\nКог' икиндиа клањаше;\nHa му веле Радич јунак:\n„Дај, кадио, бела книга!\nЗамркнало, ке cи одам.”\nТогај веле стар кадиа:\n„Почекај ме, Радич јунак,\nДа доклањам икиндиа.”\nПa на Радич жаљ My падна;\nИскара си остра сабја,\nMy пресече руса глава,\nTa ja кладе в конска торба,\nИсправи коњо пo друми.\nЦрн Арапин беше пуштил,\nБеше пуштил робините,\nДа му земат Ангелина,\nОт заран, от икиндиа.\nАнгелина стое на диван,\nПо п'тове разгледува,\nРадич јунак си го чека.\nПa ce задал Радич јунак;\nТогај веле Ангелина:\n„Еј робини, еј кад'на!\nЕве идет Радич јунак,\nАко ве тука заваре,\nСите вас ке ве изсече.”\nПобегнаха робините,\nHa црн Арапин казаха;\nЗакључил је тешки порти,\nДа не влезе Радич јунак,\nОти него ке погубит.\nПраво оде Радич јунак\nHa арапски тешки порти;\nПорти најде закључени,\nПa зеде јуначки мегдан,\nCe префрли преку порти,\nМ' утаркали руса глава,\nРуса глава от стар кадја,\nЕм му зеде голем бакшиш,\nДо три кожи биволачки,\nПолни рамни ж'лти флорин,\nПa ce врна у дома си.\nГо пречека Ангелина,\nАнгелина црноока.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%87_%D1%98%D1%83%D0%BD%D0%B0%D0%BA_%D0%B8_%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D0%BD_%D0%90%D0%BC%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%B3", "word_count": 725, "cyrillic": 0.954}
{"id": "4139", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јана и Стојан", "text": "„Јано, бела Јано, без рода невесто!\nКако се сакахме, така се зедохме;\nHиe си бехме мошне сиромаси,\nК'шта си немахме, к'шта си купихме,\nЛозје си немахме, лозје си купихме,\nИмање немахме, имање добихме;\nШто сакахме, Јано, господ ни дарува,\nHa наc господ чедо Јано, не ни даде.\nДали је от бога, дали је от људе;\nАко је от бога, сполаи му нему,\nАко је от светот, от бога да најдат.”\nToгaj нему веле Јана, бела Јана:\n,,М'лчи Стојан, м'лчи, немуј љуто колни,\nНемуј љуто колни, немуј се грешувај !\nНито је от бога, нито је от светот,\nТоку је, Стојане, от мојата м'ајка,\nЈазе како си бех мала малечкаа,\nМајка си имаше дете м'шко д'ете,\nДете м'шко дете мошне си плачеше,\nHe јa оставаше мајка да заспие,\nHa мена ми раче: ,,eлa Јано, штерко,\nДете да пољуљаш, мajкa да поспие!”\nA јазе и рекох на мојата мајка:\n„Как си го родила, така си гo љуљај.”\nToraj на мајка ми си је жаљ паднало,\nТогај мајка мене љуто ме прок'лна:\n„Јано, милна штерко, чедо да не чедиш\nЧедо да не чедиш, в р'це да не видиш,\nДур' не чуеш, Јано, риба да запее\nРиба да запее во црното мope,\nКамен да засвири от вишни планини,\nKa чуеш, Јано, тогај чедо да чедиш.”\nТогај та му веле на млaди Стојана:\n„Армасај се, Стојан, дур си, Стојан, младо,\nДур' ми те сакает тие малки моми;\nЕла ти се мољам да не ме исп'диш,\nИзмет ке ти чина, лебо да ти јадам.”\nНељ си ce армаса Стојан, млaди Стојан\nTa малка девојка. Енка Призренчанка,\nИ си се армаса и армас чиниа,\nСвадба се зафати, сватови cе собраха\nСватови се собраха за невеста ходат.\nB к'шти вонка Јана измет та си чине,\nБели прсти крше, дробни с`лѕи роне:\n„Боже, мили боже, колај да ми најдиш,\nДуша да ми земеш, тува дан' ме најде,\nТува дан' ме најде младата невеста!”\nTa cи ce промена Стојан, млади Стојан,\nИ ке си кинисат за млада невеста,\nТога си извика неговиот си брат:\n„Брату, мили брату, колај да и најдиш,\nHa убава Јана, ти да ја удавиш,\nКога ке си дојдам с младата невеста,\nТук ак' ја најдам, глава ке ти земам.”\nЧудо ми се чуди Јанино деверче,\nКак да си кајдиса убавата Јана;\nТогај веле Јане, веле и говоре:\n„Ајде снахо, ајде мие да појдиме.\nКај црното море метли да бериме;\nКога ќа си дојде младата невеста,\nМетли си немаме с' ошчо да ни смете.”\nЈана го послушала, да два си појдока,\nДа два cи појдоха кај црното море.\nJaнe и` се припи вода, студна вода,\nTa cи појде Јана кpaj црното море.\nПовеља си господ риба cи запее\nРиба си запее, камен си засвире.\nКа ги дочу Јана, срце ја разболе,\nТогај Јана веле на нејно деверче:\n„Ајде, братче, дома ти да ме однесаш,\nHa к'ро мене душа да не излезе.”\nИ ja дигна Јана до дома ja нocи:\nЕдно в к'шти влезе дете си доби.\nДете ми ce доби, дете, м'шко дете,\nДете, м'шко дете, бележито дете,\nHa гр'дите му је јасна месечина;\nA нa главата мy летно jaснo с'нце.\nToгaj веле Јана на нејното братче:\n„Одај, братче, одај, нa п'т да го стретиш,\nХабер да мy кажеш, мужде да ти даде,\nОти мy се доби дете, м'шко дете.”\nПa ми се изпушти Јанино деверче,\nTa cи стрете на стрет п'тот брат си Стојан;\nHa брата мy веле веле и говоре:\n„Бакшиш, брату, дај ми дете ти се доби,\nДете бележито, летно с'нце в глава,\nA во градите мy jacнa месечина.”\nИ нa млад Стојана не се фати вера;\nToгaj cи позапре китени сватове,\nTa им веле Стојан, веле и говоре:\n„Постоите малце да дома да одам\nДо дома да одам дали је истина.”\nHa ce спушти Стојан, до дома си оди,\nВлезе в одајата, шарен јорган дигна;\nЛетно с'нце грее, срце се разшени.\nПa ce назад Стојан скоро се поврна,\nПa cи појде Стојан кај сватовето;\nТогај веле Стојан на млада невеста:\n„От сега на татки сестра да ми бидиш,\nСестра ти да си ми, назад се поврни!”\nТогај веле нему младата невеста:\n„Стојан, млади Стојан, глава ми пресечи\nГлава ми пресечи, назад не се в'ринам!”\nУме, чуде Стојан, нема што да чине;\nCи соблече Стојан негоо чисто руо,\nTa облече Стојан негоо мило братче,\nПa гo чини Стојан млада зеташина.\nToгaj веле Стојан, веле ем говоре:\n„Алал да је, брату, от мене на тебе!”\nA нa невестата срце се разшени.\nПa cи дојдоха сити дури дома;\nH' една ст'рна тога венчање си венчат,\nHa другата стр'на крштење си крштат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD", "word_count": 781, "cyrillic": 0.962}
{"id": "4102", "title": "Зборник на Миладиновци/ Седум јунаци и Арапин", "text": "Шедба шете Марко Прилепчанец,\nШедба шете низ Косово пoлe,\nТамо прави седумдест манастир,\nБез везиров и без царев изан,\nОт там ојде на широко Скопје, Т\nамо фати манастир да праве,\nМанастир праве свети Димитрја.\nКога Марко направи манастир,\nMи cе пречу вo града Стамбола,\nВо Стамбола до Султан Мурата:\n,,Султан Мурат си кладе тељали.\nТељал личе из града Стамбола:\n„Дал чуете Турци и рајате!\nШто настанал делибаша Марко,\nШто ми сет тиа чудби от него!\nКој је јунак над јунака роден,\nДа го фатит делибаша Марко,\nЖив до мене нeгo да донесе;\nКе му дадам до три лепи земле,\nКе мy дадам гора Каменица,\nЌе му дадам в Босна Сараево,\nКе му дадам сета Босна крвава,\nС'де Марка жива да донесе,\nАко саке, опште земја давам!”\nCe наиме еден црн Арапин,\nИспадна пред цара cе поклони:\n„Честити царе от сега до века!\nЈа сум вреден Марка жив да фатам.\nБот да биет земите што даваш,\nШто не раѓат ни леп, ни пак вино.\nТаксај, царе, друго што ке таксаш!”\nОтговоре тој цар Султан Мурат:\n„Ќи ти даам града Сталакина,\nШто повељат Сталакин Тодоре;\nКе ти даам града Радомира,\nШто повељат та стара Влахина;\nКе ти даам и града Прилепа,\nШто повељат Кралевике Марко;\nКе ти даам и Марков шарен коњ,\nКе ти даам боздоган и сабја,\nКе ти даам млада Маркоица\nМаркоица co ce м'шко дете.”\nПа се свали црниот Арапин,\nПа се свали во Станбол чаршиа,\nПраво тегли на безистенџии;\nТамо кроит рубо калугерско.\nОт там отиде на куемџии,\nТам направи крсти позлатени,\nHa главата капа калугерска,\nHa р'цето нар'квици златни;\nCи ce стори црна калугера;\nПa отиде во града Прилепа,\nHa Марковите тешки порти;\nВикна, чукна црнио Арапин,\nПа испадна Марковата мајка,\nНеја пита к'д је син иМарко,\nMy требало попој, калугери,\nПo aиpи измет да му чинат.”\nТогај рече Марковата мајка:\n„Не је тука мојо син Марко;\nМарко прави тамо леп манастир,\nЛеп манастир свети Димитриа.”\nКато ми научи црн Арапин,\nСтегна коњо со златни зенгии,\nTa отиде на Скопје широко;\nПраво тегле на лепи манастир,\nПa застана на црквинска врата,\nПровикна се црна Арапина:\n„А испадни Марко Кралевике!”\nКога Марко с'обрзна и виде:\n„От бога да најдиш што ми бараш,\nШто ми бараш тука црн Арапин!”\nТогај рече црна Арапина:\n,,Оведи сe делибаша Марко\nОведи се немој греши душа!\nЈа не сум ти црна Арапина,\nТаку сум ти црна калугера,\nДур' от чиста гора света гора,\nОт леп манастир от Хилиндара;\nОведи се немој греши душа;\nПрва поп, ил калугер што иде\nТребува стопанот да испадне,\nДа му пее по една молитва.”\nТагај рече делибаша Марка:\n„Ти се мољам, оче, да ме прастиш,\nДа ме простиш ја незнам кои си!”\nТог' изваде црна Арапина,\nMи извади книга от пазуха,\nИ ја клава на Маркова глава;\nПа ми фати молитва да пee.\nCo десната р'ка книга држе,\nCo левата р'ка синџир држе;\nСинџир кладе на Марка на грло,\nВрза Марка за коњово седло,\nИзваде гo от лепи манастир.\nПишти Марко како љута змиа;\nПa гo дочу Ајдут Дебел Новак,\nИзвикна на Новачица млада:\n„Оди скоро коњо да изседлиш,\nДа истрчам до широко Скопје,\nДо манастир свети Димитриа.”\nКога дојде Ајдут Дебел Новак,\nКога гледа Марка ми го немат.\nСтегна коња низ Скопје широка,\nИ ми брка црна Арапина,\nДа откине Марка Кралевиќа,\nКога стигна црна Арапина,\nДека влече делибаша Марка,\nДека влече пo студни калдарми.\nПровикна се Ајдут Дебел Новок:\n„Кафпе един црна Арапина!\nHe ти стигна јастје што јадише,\nПa си дошол јунаци да фашташ,\nМене викат Ајдут Дебел Навак,\nОт висока Качанина града;\nДали знаиш, црна Арапина,\nАко тргнам тешка боздугана,\nАк' те удрам меѓу двете очи,\nДвете очи от глава ке скокнат,\nKa je бел ден, ноке ке се сторит.”\nПа заврти црна Арапина,\nПа заврти дервишко дервеџе,\n„Ајде, рече, Ајдут Дебел Новак,\nАрам да је краљство, што краљуваш,\nКак' мен' Арапин ак' не отепаш!”\nМахна Новак тешка боздогана,\nЦрн Арапин боздоган пречека\nГо пречека на малкиот прст.\nТогај фрли црна Арапина,\nФрли алка, фати Дебел Новак;\nTa ги стори два добра јунака.\nПа фатиха двата добра краља,\nДа си пиштат, како љути змии.\nЛели дочу Новаково дете,\nНоваково Груица војвода.\nКога дојде у Скопје широко,\nПушти коњо низ Скопје широко,\nТука тамо Арапин да стигнит,\nИ го стигна на Скопските порти.\nПровикна се Груица војвода:\n„Кафпе един црна Арапино!\nHe je, кафпе, делибаша Марко,\nHe je мојо татко Дебел Новак,\nМен ме викат Груица војвода,\nМ'тна вода порој како носе,\nТака тебе ке понесам бедо,\nЧекај боздоган от мене на теб'.”\nИ Арапин подаде дервеџе;\nПак Apaпин нa нишан застана,\n„Ајде Груо, тебе да те видам;\nДа те видам што јунаство имаш”\nНишан кладе арапско колено.\nКога фрли Груица војвода\nКога фрли тешко боздугана,\nГo дочека црна Арапина\nГo дочека н' Арапско колено;\nФрли алка и ми фати Груја,\nTa ги стори три добри јунака.\nПиштат они, како љути змии.\nЛели дочу помалото дете,\nПомалото Ајдут Новаково,\nПомалото дели Татомирче;\nПушти коња низ Скопје широко,\nТува тамо Арапин да стигне,\nMи гo стигна дур' надвор от Скопје,\nВонка до седум саате места,\nHa cи викна дели Татомирче:\n„Никаков еден ти црн арапин,\nШто си дошол кралеви да фашташ!”\nПa подаде дервишко дервигџе:\n„Ајде, веле, дели Татомирче!\nЈа те знам и светот те знајат,\nШто јунаство твое срце имат\nКог' седеше на Демир-капиа,*\nH' оставаше пиле да помине,\nA камо ли човек да помине;\nA ти тога мошне страх имаше,\nСтрах имаше от голи дервиши;\nДа те видам Дели Татомирче!”\nHa замахна тешка топузина,\nГо пречека црна Арапина,\nГо пречека на левата р'ка;\nИ нeгo ми в алка го закључи,\nTa ми стори четир добри краља.\nПиштат они како љути змии.\nАрапин ги влече пo друмови.\nЛели дочу Јанкула Војвода,\nВојвода от града Шидина,\nПа си јавна коња пеливана,\nTa ми дојде на Скопје широко.\nВиде празен манастир да стое ,\nПобратима Марка ми го немат.\nMy текна от' Арапин ro фати.\nКога јавна коња подлетога,\nTa испадна от Скопје широко;\nТука тамо Арапин да стигнит,\nГо стигна на широко Косово.\nПровикна се Јанкула Војвода:\n,,Стои тамо црна Арапино!\nЈаска сум ти Јанкула Војвода,\nМ'тна вода река како носе,\nТака тебе јас ке те поносам!”\nA ка дочу црна Арапина,\nПа заврти Дервишко дервеџе\nАјд' и тебе Јанкула Војвода,\nДа те видам што јунаство имаш,\nАрам да је краљство што краљуваш,\nКак мен' Арапин, ак' не отепаш.”\nKoг' Јанкула махна боздогана,\nГо пречека на левата р'ка,\nФрли алка и Јанкула фати,\nTa ги стори пет добри јунака.\nПиштат они како љути змии,\nНих Арапин влече пo друмови.\nКога ми дочу Милош Орѓанин,\nМилош Орѓанин од Орѓана града,\nОн не оди на широко Скопје,\nПреку полe и планини тегле,\nДа преваре црна Арапина,\nМилош него питат, него сакат,\nОт далеку махна боздугана\n„Држи, кафпе, црна Apaпино!\nШто си дошол во нашата земја!\nЦар царува у Стамбола града,\nA ние y нашата ни земља;\nМене ме викат Орѓанин Милош!”\nПровикна ce црна Арапина\n„Хајде Милош што јунаство имаш,\nХарам да ет мен' ак' не отепаш!”\nМилош махна тешка топузина,\nA Арапин подаде дервеџе,\nНема дек да кладе боздугана,\nТог' Арапин на тешко се најде.\nБоздуган падна на арапски гр'ди;\nФрли халка и Милоша фати,\nИ ги стори шест добри јунаци.\nПиштат они како љути змии.\nНебото и земјата се тресат,\nДо крај земја гласове cе слушат.\nКако што грме свети Илиа,\nТака от краљове гласове грмат .\nПиштат они како љути змии,\nЛели дочу Секула Детенце,\nСекула је от Будима града,\nСекула Соколовото дете.\nОн војува токмо девет годин,\nHa Султан Муратова војска.\nКога беше седнал да вечера,\nОт вратици гласје достигнаха;\nИ провикна на негова љуба:\n„Прва љубо, млада Секулице!\nНемој стои, немој, љубо, слушај,\nСкор' оседлај моја брза коња,\nДа излезам низ полe широко,\nДевет годин земја сум оставил,\nСлушам врева пo шиpoкo полe,\nЦрн Apпин пo пoлe ми шетат.\nДаљ от царот тој изан имат,\nЗа да газит мојата ми земља;\nОседлај коња от коњушница.”\nКога стана Секулица млада,\nОседла му коња шаренога;\nA Секула опаша си сабја,\nИ си зеде тешка боздугана,\nCe прекрсти спроти исход с'нце.\nКога ст'пна на злата зенгиа,\nCe префрли коњу на рамена.\nСекулица млада му подаде\nMy подаде една малка чаша.\nКога чаша до очи поклопи,\nИзвика се на негова љуба:\n„Прва љубо, остани со здравје!”\nПраво тегле на Скопје широко,\nHa манастир свети Димитриа;\nГлеа тамо сам манастир стое,\nГледа чичка му Марка гo немат;\nMy текна от' Арапин го фати,\nИ на сите свеци ce поклони\nНајповике на свети Димитрја:\nПa си вјахна коња крилатога,\nKa' гo пушти низ Сквпје широко,\nОт копита orax извадува,\nПреку глава искри дури летат.\nКога испадна от Скопје вонка,\nToгaj му веле негов шарен коњ\nCo виском на стопан прикажува;\n,,Мој стопане, Секула Детенце,\nАко сакаш Арапин да стигниш,\nHa мене ти jaкo да се држеш,\nЈас сум вреден, Арапин да стигнем.”\nРеч' и летна под вишното небо;\nТува тамо Арапин да стигнит,\nПа го стигна вo гopa зелена,\nПа ce свали от негова коња,\nTa падна на земља господова,\nПa cи cвали от главата кaпa,\nМетани чине на небо, нa земља,\nИ на сите свеци ред, пo редом,\nНајповике на свети Димитрја.\n,,Eлa, боже, ти мене поможи,\nМили боже, и свети Димитрја,\nЦрн Арапин в р'ка да си кладам!”\nКога сврши Секула молитва,\nCи ce фрли на коњ на рамена,\nПа го стигна црна Арапина\nCи гo стигна во зелена гора.\nПровикна се Секула Детенце:\n„Држ се никаков црни Арапин,\nHe eт, кафпе, Делибаша Марка,\nHe ет, кафпе, Ајдут Дебел Новак;\nМен' ме викат Секула Детенце,\nHa презиме Соколова дете,\nДевет годин на цара работах;\nДрж се един црна Арапино,\nДа те видам што јунаство имаш!\nИ Арапин подаде дервеџе,\nИ провикна црна Арапина:\n„Ај да видам, Секула Детенце!\nЈа си фатих шест добри јунака,\nЕдна алка ушт' за тебе имам;\nБог ке даит и тебе ке фатам\nКак' мал девер невеста што водит,\nТака и ти шест краља ке водиш.”\nПровикна се Секула Детенце:\n„Ај да видaм црна Арапино,\nДа те видaм што јунаства имaш;\nНемој гледај оти ја сум дете!\nСлушај, црна бедо, да ти кажам,\nДа испадниш на јуначки мегдан,\nДа видaм чја мајка cин родила,\nЧиа сестра брата си држала;\nДа видиме чја Majкa ќe плачит!\nTи остави шест краља врзани,\nОстави ги на п'тот да стојат,\nTa испадни на јуначки метдан!”\nИ Арапин нема шта да чини\nПа испадна на јуначки мегдан,\nПа испадна Секула Детенце.\nСака дете с боздаган да махне,\nСак' Арапин с боздотан да махне.\nПровикна се Секула Детенце:\n„Мног' 'арапски боздогане сум јал,\nНека јадем уште еден твои!”\nПа застана Секула нa нишан.\nЦрн Арапин фати да ми мери,\nHe мерит он ни горе, ни долу,\nТоку мере на коњското чело\nКог' Арапин фрли баздогана,\nСекулов коњ во вчасо си легна,\nОн си легна на зелена трева,\nHa боздоган помина над глава\nНад глава от Секула Детенце.\nПa cи стана Секула Детенце,\nОн не мерит на коњското чело,\nПраво мери на коњските гр'ди.\nКог' Секула фрли боздогана,\nАрапски коњ легна на колена,\nИ боздоган удри Арапина\nГо удира меѓу двете очи;\nC' истаркаља от коњо на земја;\nПадн' Арапин, Секула нападна,\nПa изваде сабја од ножница,\nTa пресече арапската глава,\nПa ja кладе во коњскиот зобник,\nЈа закачи на коњското седло,\nПа извикна Секула Детенце,\nПa извикна на шест добри краља.\n„Мој вујковци, и мои чичовци\nЈас погубих црна Арапина!”\nA што беше Секула Детенце,\nЛељ потргна сабља от ножница,\nИ пресече шест Арапски алки,\nTa испушти шест добри јунаци.\nПроговара Секула Детенце:\n„Мој вујковци, и мои чичовци,\nВие одејте на широко Скопје,\nHa манастир свети Димитриа,\nТамо мене вие да чекате,\nЈас ке ходам во града Стамбола,\nВо Стамбола до Султан Мурата,\nДа го питам дали даде изан,\nДа шетајат пo нашата земја\nДа шетајат црнине Арапи;\nАко Султан така даде изaн,\nКе откључам сабја от ножница,\nИ негова глава ке отрежам,\nВие мене чекајте на Скопје.”\nИ отиде Секула Детенце,\nОн отиде во Стамбола града\nВо Стамбола до Султан Мурата,\nCe поклони на Султан Мурата,\nMy целива р'ка и колено,\nMy говоре Секул'а Детенце:\n„Честит, цару, от сега до века!\nШто је таја м'ка от Арапи,\nШто шетает пo нашата земја!\nДа ми клават кралеви во синџир!”\nОтговоре царот Султан Мурат:\n„Мои синко, Секула Детенце!\nДонеси ми едн' Арапска глава,\nКе ти даам петнаест товара,\nДобро хазно се ж'лти флорини.”\nКога дочу Секула Детенце,\nОт дивани долу oн ce свали,\nОт коњски зобник глава искара,\nЈа изтаркаља пред Султан Мурата,\nТригодишна треска ми го стресе,\nИ веле на Секула Детенце:\n„Слушај мене, Соколово дете!\nАрапите вo твоја р'ка сет,\nМртви сакам ти да ми ги носиш;\nНемој живи, да ги бог обие!”\nПa му даде петнаеест товара,\nДобро хазно се чисти флорини.\nПраво тегне Секула детенце\nПраво тегне на широко Скопје,\nHa манастир свети Димитриа,\nНему десет товари приложи,\nПет товари за ладна меана,\nПa cи најде шест добри јунаци.\n,,Номожи бог, шест добри јунака!”\n„Дал бог добро, Секула Детенце!”\n„Ајте мои вујковци, чичовци,\nДа седниме на ладна мeaнa!”\nКа седнаха седум добри краља,\nKa седнаха на ладна меана.\nЈадат, пијат тpи недели време,\nпa испилe пет товара хазно.\nПa им рече Секула Детенце:\n„Дaљ чуете вие шест јунака,\nДаљ чуете, от тува на татки\nК'д видите црна Арапина,\nНемујте нeгo нe задевајте,\nП' едно пиле абер ми пуштејте,\nЈас знам како Apaпин ce дерит,\nКак се дерит Арапската кожа!”\nТова чудо ми стори Секула\nДа се славе, да се прикажува.\nОстанала песма да се пеит,\nДа слушајат сите наш браќа,\nOт нас песма, a oт бога здравје;\nАмин боже за многу години!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BC_%D1%98%D1%83%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8_%D0%B8_%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D0%BD", "word_count": 2271, "cyrillic": 0.969}
{"id": "4158", "title": "Зборник на Миладиновци/ Неда Крамјанка", "text": "Хубава Недо Крамјанко!\nСвекар си Неди говори;\n„Снашице Недо хубаво!\nЕ cera девет години,\nКато сми тука довеле\nТвоите брате, Недо ле,\nHa гости ти не додоха,\nДа додат да тја споходат;\nДали cјa дип чорбаџие,\nПочорбаџие от назе,\nИли сја дип сиромаси,\nTa немат с' ошто да додат?”\nНеди је хатар остало,\nTa зела бели медници,\nTa je на вода отишла,\nHa горно крајно кладенце.\nТам најде момче Кременче.\nTa пa на момче говори:\n„Момче Кременче, селенче,\nЗдраво ли сте, живо ли сте?\nЗдраво ли с' мојте брате,\nОт стока повлачили cja,\nШто је башта ми оставил!”\nМомче Кременче говори:\n„Хубава Недо селенко!\nЗдраво сми, и живо сми,\nЗдраво с' твоите брате,\nИ от стока се повлачи,\nШто е башта ти е оставил,\nДважд е повече станало,\nСега сја, Недо, стјагаха,\nТебе на гости да додат;\nHa коњо гвозди тypjaxa,\nЗлатни талиги вспрјагаха\nТвоите девет братици,\nCo девет мили снашици,\nCo девет м'шки дечица.”\nНеда с' је зарадвала,\nПа си je дома отишла,\nTa двори мете, и пee.\nСвекор си Неди говори:\n„Снашице, Недо хубава!\nЕ сега девет години,\nHe с'м тja видел, Недо лe,\nДворови да си пометаш;\nA cera метеш и пееш.\nИл ти је драго, Недо ле,\nЧе в село иди пашата,\nTa прјако пречи през село,\nTa право иде у назе?”\nA Неда му говори:\n„Тате ле, да мој свекоре!\nТова ми не је пашата,\nH' c' това мојте брате,\nTa идат мене на госте;\nСвекар си Неди говори:\n„Снашице, Недо хубава!\nКога си, Недо, знајала,\nTo шо ми нe cи кажала,\nЗехере да си приготва?”\nПа закла чљарка бивол,\nНаготви манџи секакви,\nИ пусна до девет б'чви,\nИ девет б'чви вино,\nДесета с бистра ракија,\nTa cи гостето посрештна.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B0_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BC%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 289, "cyrillic": 0.913}
{"id": "4162", "title": "Зборник на Миладиновци/ Баљур војвода и Гркина робина", "text": "Од војска идет Баљур Војвода,\nПo војска носит млада робина;\nКондисал ми је широко пoлe,\nКурдисал ми je зелени чадар;\nПот чадар седит Баљур Војвода,\nМлада робина простум мy стоит,\nДиван мy чинит, слуга му служит;\nСолѕи ми ронит, како градои.\nБаљур Војвода ми ја опитвит:\n„Ајти робино бела Гркино!\nШто слуга служиш, и солѕи рониш?”\n„Как да не плачам, как да не жалам?\nСум остаила м'шкото дете,\nВо темен керал с р'це пуштени;\nMy дошло време да се прекренит.”\n„Ајти робино, бела Гркино,\nХајде ти оди, хај крени cи гo,\nАзат те чинам, да си го крениш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%B0%D1%99%D1%83%D1%80_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D0%93%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 100, "cyrillic": 0.98}
{"id": "4164", "title": "Зборник на Миладиновци/ Петре Маџарче", "text": "Алај бег војска береше,\nHe можит да ја соберит;\nДур' дојде Петре маџарче,\nДробна ми војска пособра,\nКамбер кад'на поплена\nCo дванадесет робинки.\nCo тринадесет робинки\nРобинки кладе в кочиа,\nКамбер кад'на пред коња,\nБоса пo дробни камења,\nИ гологлава пo с'нце.\nКад'на му се молеше:\n„Дегиди Петре Маџарче!\nAк' не ме клаиш в кочиа,\nБаре клаи ме на коња!\nТи што кабает ми наиде,\nTa мене тераш пред коња,\nБоса пo дробни камења,\nИ гологлава пo с'нце?”\nПетре је лепо вореше:\n„Дегиди камбер кад'но.\nАљ знаиш, али паметвиш,\nКога беф дете малоо,\nJa си беф момок у тебе;\nМене ме треска тресеше,\nТи лебец не ми даваше;\nA кога да ми даеше,\nОд три недели месено,\nТи вода не ми дааше,\nИ кога да ми дааше,\nПолу со раски мешана.\nЗа тва те терам пред коња,\nБoca пo дробни камења,\nИ гологлава пo с'нце.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D1%9F%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5", "word_count": 152, "cyrillic": 0.961}
{"id": "4166", "title": "Зборник на Миладиновци/ Болен Дојчин, сирак Јанко и крал Марко, солунски чувачи", "text": "Ce собрале, се набрале,\nДо три Бана, до три Краља,\nBo град Солун на Солунски\nHa Солунски седум кули.\nЕдинот је Дојчин јунак,\nДојчин јунак од Солуна;\nA вториот сирак Јанко\nСирак Јанко од Јанина;\nA трекиот Крали Марко,\nКрали Марко од Прилепа;\nЈадат, пиат, cе весељат,\nCo нојбет си градот чуват.\nСите редот одредоха,\nРедот дојде на Дојчина,\nTa cи узе златна вигла,\nTa разгледа гope долу,\nПo п'тишта, пo друмишта,\nИ пo полe и по море.\nKora гледат во морето,\nЗаздадел се шарен кораб,\nВн'тре седе еден турски\nЕден турски челебиа,\nЕден Турчин чужја вера.\nHe cи иде на скелето,\nПраво тегле на Беш-чинар;\nТам' излезе од коработ\nИ одтвори бели чадар.\nКак си виде Дојчин јунак,\nTa cи вjaxнa брза коња,\nTa си cлезe na Беш-чинар;\nОд далеку се предвикна,\nHa Турчина му говоре:\n„Море турски челебиа,\nMope Турчин чужја вера!\nЗашт' не идеш на скелето,\nДа си платиш тешки ѓумрук,\nТук си дошол на Беш-чинар?”\nТурчин веле и говори:\n„Ја не дојдоф да ви плаштам\nДа ви плаштам тешки ѓумрук;\nТук сум дошол од Султана,\nДа повељам грат Солуна.”\nHa Дојчин My жаљ паднало,\nTa cи крена боздогана,\nTa cи фрли пo Турчина;\nИ боздоган му утече,\nИ не погоди Турчина.\nToгa Турчин се предвикна:\n„Излезите од коработ\nДа фатиме Дојчин јунак!”\nДојчин назад се поврна,\nДробни с'лѕи си порани,\nХотиде на седум кyли,\nHa дружина им говори:\n„Што седите, што гледате?\nДошла турска челебиа,\nЧелебиа чужја вepa;\nШто чиниме да чиниме,\nГрад Солуна да чуваме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%94%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B8%D0%BD%2C_%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BA_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%2C_%D1%81%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B8", "word_count": 256, "cyrillic": 0.922}
{"id": "4168", "title": "Зборник на Миладиновци/ Болен Дојчин (3)", "text": "Блен лежи Дојчин јунак,\nДојчиница coлѕи poнe;\nДогледа га болен Дојчин,\nTa je вели и говоре:\n„Ангелино првна љубав!\nДали ти се додеало,\nЗашта лежам три години,\nТри години на постеља?”\nОна вели и говоре:\n„Прва љубов, Дојчин јунак!\nМене не се додеала,\nОти лежиш три години.\nТук' је дошел црн Арапин,\nЦрн Арапин дудаклиа\nВо Солунско рамно пoлe;\nОдтворил је бели чадар,\nТаин земе од Солуна,\nП' една фурна бел пексемит,\nHo една крава јалова,\nП' една бочва благо вино,\nИ пo една малка мома,\nДа гo служи благо вино.”\nТога вика болен Дојчин:\n„Ангелино прва љубов!\nИзвади ми триста лакти\nТриста лакти тенко платно,\nДа презбирам болни коски,\nОседли ми брза коња,\nБрза коња некована,\nТри години нехранена,\nДонеси ми остра сабја,\nОстра сабја димискиа;\nИ донеси боздогана\nБоздогана харѓосана,\nТри години нефатена.”\nАнгелина го послуша,\nMy донесе тенко платно,\nMy оружи брза коња,\nMy донесе остра сабја,\nБоздогана нефатена.\nCe oпaши, ce оружи,\nИ си вјахна брза коња,\nИ излезе од Солуна.\nПраву тегне на бел чадар,\nОд далеку се провикна:\n„Е! Арапин, црн Арапин,\nЦрн Арапин дудаклиа!\nЕ! излези црн Арапин,\nДа те видам што јунак си!”\nКак го дочу црн Арапин,\nTa je грабнал боздогана,\nИ си вјахнал брза коња,\nИ излегол на мегдана,\nИ фрлил co боздогана.\nДојчинов коњ хунерџиа\nCи паднал во коленици;\nИзварвела боздогана,\nИ пак коња је рипнала,\nИ Дојчин се предвикнало,\nБоздотана је фарлило,\nВ гр'ди гo je погодило,\nВ црна земја закопало\nИ там ceло ce градело\nИ cе викна Араплиа,\nШто ми стоит ден денеска.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%94%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B8%D0%BD_%283%29", "word_count": 258, "cyrillic": 0.95}
{"id": "4123", "title": "Зборник на Миладиновци/ Темишвар Ѓуро, Марко кралевике, Јанкула војвода и дете голомеше", "text": "Шедба шетат Темишвара Ѓуро\nШедба шетат сва земја царева,\nШедба шетат три години време,\nДа изберит мома спроти него.\nОбидило седумдесет града,\nСедумдесет и седум градове,\nНигде мома не го бендисало\nСпрти него лична и хубава;\nКа' отиде града Сланкамена,\nТамо је го мома бендисало.\nПосврши се и прстен си даде,\nПрстен даде три товари хазно,\nЗбор чиниле, до една недеља\nДо недеља тешка свадба сакат.\nA што беше Темишвара Ѓуро!\nПривјавна cи коња Карамана,\nТогај веле Темишвара Ѓуро:\n„Ти ме чуеш, стара мајко моја!\nЗамеси ми две бели погачи,\nНаточи ми две здравици вино;\nАз ке идам во Прилепа града,\nКум ке кладам Кралевике Марка,\nПостар девер Јанкула Војвода.\nАзе знаи, мајко присвршиф сe,\nПрисвршиф се од, града Сланкамен.”\nТогај веле неговата мајка:\n„Сполај богу, отмена да вида!”\nЗасукала скути, ем р'кави,\nЗамесила две бели погачи,\nНаточила две здравици вино.\nПa што беше Темишвара Ѓуро!\nПa калеса до две посестрими,\nДа замесат колачи за свадба.\nПa cи зема две бели погачи,\nПa cи зема две здравици вино,\nПривјавна cи коња Карамана,\nКум си кане Кралевиќа Марка,\nПостар девер од Сибина Јанка;\nA cи немат помало деверче,\nШто ке воде младата невеста.\nДопита се до негова мајка:\n„Ти ме чуеш, стара мајко моја!\nУчи мене, как те учил господ,\nКа' да чинам за млада девера?”\nТогај веле неговата мајка:\n„Сине мои, Темишвара Ѓуро!\nДа привјавниш коња Карамана,\nДа кинисаш пo бели друмове,\nШто кe сретиш, синко, што ќe стигниш,\nФати побратим пo свети јованство,\nДа гo чиниш младоно деверче.”\nЛепо мајко што поучи сина!\nЛепо сина што послуша мајка!\nПa пријавна Темишвара Ѓуро\nПa пријавна коња Карамана.\nКиниса cи пo бели друмове.\nНема ништо јунак да си стрете.\nНема ништо јунак да си стигне.\nКа отиде покрај слано море,\nОстреќа мy дете голо, босо,\nГологлаво, дете голомеше,\nДо мишките в песок запретано,\nДек' cи игpa co дробни камчина.\nИзминало Темишвара Ѓуро,\nMaлy замина и вчас му текна,\nКако је го мајко поучило; -\nКог' ке најдиш, сину, ког' ке стретниш,\nHeгo за девер да го отбериш.\nCe поврна Темишвара Ѓуро\nKaи дете, дете Голомеше:\n„Дабро утро, дете Голомеше!\nИдеш ли ти да те фатам побратим,\nПобратима пo свети јонаство?\nBaja недеља младо ке се женам,\nДа ми бидеш помали девера!”\nНаљути се дете Голомеше:\n„Ајд' от тука, незнаено деља,\nНемој с мене пеза да се биеш!\nАк' издигнам еден студен камен,\nДа те удрам меѓу двете очи,\nКе т' испрснат очи oт главата!”\nЗак'лна cе Темишвара Ѓуро:\n,,He cе биам с тебе пеза, брате,\nHe сe, брате, co тебе шегувам,\nТако ми, брате, свети Јованство!\nИ тако ми до четири пости,\nШто постиме еднош во година,\nНајтешки пости великови!”\nЗаверува дете Голомеше,\nИспаднало од студени песок.\nA што беше Темишвара Ѓуро!\nПa гo фрли зат Heгo на коња,\nОднесе го на свои дворове,\nОтвори мy шарени санд'ци:\n„Гледај, веле, дете Голомеше,\nКоја руба тебе ке бендиса,\nТаја руба, дете, да облечиш.”\nИзбрало је руба спроти него,\nОблечи се дете Голомеше.\nПак го пушти в шарена одаа,\nДека стое тешкото оружје:\n„Гледај, дете, кое оружје сакаш.\nТва оружје, дете, да препасиш!”\nИзбрало си дете боздогана,\nДип је лека сто ј шеесет ока;\nИзбрало је таја остра сабја,\nHa дл'жина шеснаесет педи.\nВо ширина до четири педи.\nПa гo пушти в конска конушница:\n„Гледај дете, која сакаш коња,\nТаја коња, дете, да привјавниш!”\nВлегло дете в конска конушница,\nДа обидит коња за вјавање;\nКоњи тргат многу за опашка,\nКоњи тегне во дворје изфрљат;\nКог' дојде на коња Карамана,\nТрга, коња не сe поместува.\nИзбрало је коња Карамана,\nПознал го је хујлиа, ќутлиа;\nСедум п'ти на војска ходило,\nC' ударало с црните Арапи,\nШто летнува ничкум коленички.\nГо поседла седло шикосано,\nЗаузди го узда позлатена\nПрестегна му дванаесет колана.\nПа удриле три чивти т'п'на,\nПа развиле три свилни бајраци,\nКе си одат за млада невеста.\nНапрет тегне дете Голомеше,\nОт сите је тој подобар јунак,\nКако ќосем в това суво стадо.\nКинисале пo бели друмове,\nКе поминат низ гора зелена,\nОстреќа и една страшна беда,\nСтрашна беда Хала халетина,\nХалетина, црна Арапина.\nДолна уста на гр'де му бие,\nГорна уста в чело го удара.\nГлава има колку два т'п'на,\nОчи има колку две паници,\nуста има колку мала врата,\nЗ'би има четири дикели,\nНодзе има Солунски диреци.\nКога клапат таа пута уста,\nДур' од уста огин изфрљува,\nДур' на гора листови облива.\nТога веле црна Арапина:\n„Харн' идете за млада невеста,\nКако вие назот се вратите,\nЧија ке је младата невеста?”\nA нa дете око не трепнуве;\nТегне дете пo бели друмови,\nОтишле cи за млада невеста.\nA што беше девојкина мајка!\nСите дарба ми и дарувала,\nКому крпче, на кому јалаче;\nМарку дала тешка боздогана,\nHa Јанкула копје костеново;\nA на дете ништо не дадова,\nОти беше като јабанџиче;\nДадоа мy младата невеста,\nДа ja чуве од лошо пo п'тове,\nОти беше тој подобар јунак.\nПа удриле три чифта т'п'ни,\nKинисале пo бели друмови.\nНапред тегне Кралевиќе Марко,\nA пo него Јанкула војвода,\nПо Јанкула Темишвара Ѓуро,\nA пo Ѓура китени сватови.\nКе поминат низ гора зелена,\nДека седе црна Арапина,\nДека седе на друмје широки,\nОно седе голо, распасано;\nИ говоре црна Арапина:\n„Ме чуите китени сватови!\nФрлите што ви се дарувале,\nАк сакате живи д' откините!”\nA што беше Кралевике Марко!\nЈунак беше, ама ce уплаши,\nОти беше страшна Халетина.\nПрво Марко дабра изфрлило,\nA пo нeгo Јанкула Вајвода,\nСите биле дарој исфрлени,\nДар фрлиле, cите разбегнале,\nСос них бега Темишвара Ѓуро;\nОд страхови Ѓуро заборавил,\nОт' имал назат млада невеста.\nСам остана дете Голомеше,\nСам остана со млада невеста.\nТога веле црна Арапина:\n„Фрли, дете, што те дарувале,\nАко сакаш живо да останиш!”\nИзговоре дете Голомеше:\n„Кахпе еден, црна Apaпина!\nA на мене ништо не дадова,\nДадоха ми младата невеста,\nДа ја чувам от лошо пo п'тове;\nГлава давам, невеста не давам.”\nИзговоре црна Арапина:\n„Дај, дете, младата невеста!\nАко пљунам сет*) ке те удавам,\nАко дунам сет ке те отнесам,\nСабја немам крвца да натопам,\nАко зинам, дете, ке те голтнам.”\nИзговоре дете Голомеше:\n„Давран кахпе, црна Арапина!\nДавран кахпе, да се обидиме!\nДа видиме кој од нас појунак,\nKoгo мајка повике довила,\nКого сестра повеке љуљала”\nИзчека го дете Голомеше,\nДур' Арапин коња да прифати.\nПрифатило коња дебелаго,\nДебелаго, коња, крши-горо.\nA што беше дете Голомеше!\nТргна дете на нишан застана.\nApaп фрли тешка боздогана;\nA што беше детевата коња!\nЛегна коња ничкум коленички,\nТркаља ce пo трева зелена,\nНад дете ми боздоган поминал,\nA ништо ми на дете не било.\nИзговори црна Арапина:\n„Чекај, дете, на измамка биде,\nЧекај, дете, ушт еднош да фрљам!\nЈазе сега, дете, лошо фрлих.”\nИзговоре дете Голомеше:\n,, Кахпе една црна Арапина!\nЕдна мене мајка ме родила;\nЈас да фрљам, ти после ке фрлиш;\nЛепи госпот, како ке ни даде,\nEли тебе, море или мене.”\nВид' Арапин никако не бидве,\nТргна Apaп нa нишан застана.\nИтро беше дете Голомеше,\nПо от ниско боздогана мере;\nАрапска коња хујлиа, ќутлиа;\nФрли дете с тешка боздотана,\nАрапски коњ коленички легна,\nПогоди го црна Арапина,\nПогоди го во гр'ди широки.\nПадна Арап от коња на земја.\nАрап падна, дете гo навјахна;\nПотргнало сабја димискиа,\nA на сабја дванаесет огледала,\nСвете сабја, како летно с'нце;\nКога махна с таа остра сабја,\nHa Арапин глава мy пресече,\nОт сила се сабја испуштило,\nСедум буки с сабја пресечило,\nИ пак ништо на сабја не било.\nПа отиде пот арапски чадар,\nТамо најде триесет м'ски хазно,\nТриесет м'ски хазно товарени,\nСите они биле зауздени;\nУшт' да земал младата невеста,\nКе си отишал на Арапска земја,\nЗема дете Арапската глава,\nВ торба да туре, торба не ја бере,\nФрли глава н' еден панагонен;\nПоведе си младата невеста,\nПоведе cи триесет м'ски хазно,\nИ поведе Арапската коња.\nПрау тегне на Ѓурови порти;\nЗастанало oт вонка на порти,\nЗаслуша се дете Голомеше,\nМарка слуша дете благослова,\nДо сег' пихме за радост, весеље,\nA од сега за детова душа,\nОти ни је дете загинало,\nНаљути ce дете Голомеше,\nПа потргна тешка боздогана,\nКа' ударе тие тешки порти,\nC чершевина врати извадило,\nСтреде дворје врати натерало.\nРастовари триесет м'ски азно,\nИспуштило до две добри коња,\nИспушти и коњи да шетает,\nИскачи се на вишни дивани,\nТркаља си Арапската глава,\nТркаља cи пo чесна трпеза.\nA што биле китени сватови!\nПопаднале ничкум на трпеза,\nИ стресало тригодишна треска.\nA што беше дете Голомеше!\nДофати си Кралевиќа Марка;\n„Eлa Mope Марко Кралевике!\nКог' не можиш невеста да чуваш,\nA што ке ти кум ти да си одиш?\nДа т' научам, научен да бидиш.”\nМ' удари петнаесет боздогана.\nПак го фати Јанкула Војвода:\n„Ела море, Јанкула Војвода!\nКог' не можиш невеста да чуваш,\nA што ке ти девер да cи одиш?\nДа т' научам, научен да бидиш.”\nМ' удари шеснаесет боздогана,\nБоздогана от сто шеесет оки.\nПa гo фати Темишвара Ѓура:\n„Ела море побратиме Ѓуро!\nКог' не можиш невеста да чуваш,\nA што ке ти на тебе невеста?\nДа т' научам, научен да бидиш.”\nУдари му дваесет боздотана.\nТога веле младата невеста:\n„Удри, браче, колку ти је драго,\nС’де гледај с’ душа да г оставиш\nДан’ му скршиш, браче, некоа коска;\nТри п'ти сум, браче, поврнена,\nОт онаа црна Арапина,\nДан’ се чинит до четири п’ти.”\nA што беше дете Голомеше!\nРед и реди китени сватови,\nРед и уеди пo чесна трпеза,\nКато с чаша вино и служува,\nКој как може боздоган да носе,\nКому пет, кому три боздогана,\nHa никому хатар да н’ остане.\nПа и собра на чесна трпеза,\nПособра и вино да си пиат;\nНамахна им тешка боздогана:\n„Ак' нејките вино да пите,\nУште еднаш ја ке ве изредам\nКе в' изредам с тешк'а боздогана.”\nСви седнале китени сватови,\nСви седнале на чесна трпеза,\nКои от страх, a кој за хатар,\nСеднале ми за да пијет вино.\nЈале, пиле три недели време.\nБило свадба, брате, поминало,\nОтишле си кумови, сватови.\nA што беше дете Голомеше!\nТоварило триесет м'ски хазно,\nПревјахнало Арапина коња;\n„Остан' с богом, побратиме Ѓуро\nШто сакахме не дарува господ,\nТеб' невеста, a нa мене хазно!”\nОтиде си дете на свој двореј,\nИ дете конаци соградило,\nИ дете се младо оженило.\nОт јунаци песма останала,\nДа се пее, да се прикажуве.\nТова, брате, пo от давна било,\nДур не било, не би се славило.\nШто послуша се весело било,\nСе весело и от бога здраво;\nСите биле здрави ред пo редум.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A2%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%88%D0%B2%D0%B0%D1%80_%D0%83%D1%83%D1%80%D0%BE%2C_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B5%2C_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%88%D0%B5", "word_count": 1734, "cyrillic": 0.976}
{"id": "4160", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мурчо господарин и Јанкула војвода", "text": "Дељба с' дељат два брата родени,\nЕдинот је Мурчо Гоеподарин,\nПомалиот Јанкула Војвода;\nРазделиха села и чифлиѕи,\nРазделиха поле и планина;\nИм остана коња пехливана\nИ два брата пилци соколови;\nИм остана 'рти и з'г'ри,\nСвои куки, свој вишни сараи,\nСиво стадо дванаесет хиљади,\nТога вика Јанкула Војвода,\n„Брате мој, Мурчо Господаре!\nТи си женет, просто тебе куќа,\nСиво стадо дванаесет хиљада;\nТи си женет, a ja сум си ерген,\nПрости мене 'рти и з'г'ри,\nБрза коња, два брата сокола,\nКоњ да вјахнам, лова да си ловам.”\nТога вика Мурчо Господару:\n„Брату мили, Јанкула Војвода!\nHe сум кукајца в куки да седам,\nЈас сум постар, ја ке си приимам,\nКе приимам таткова оружја.”\nМурчо вика своја прва љубов:\n„Дај оружје, коња брза коња!”\nИ љубов My коњот оружила ,\nИ на бинег коња мy тегнала.\nИ Мурчо си на коња вјахнало,\nЗакарало 'рти и з'г'ри,\nИ два брата пилци соколови,\nИ на љубов јако нар'чуве:\n„Јас ке ходам во гора зелена,\nДа прошетам лова да половам;\nЖив г' оставам Јанкула Војвода,\nКа ке дојдам, умрен да гo најдам.\nДа му правиш господарска манџа,\nДа му правиш со љута отрува,\nДа гo служиш оно благо вино,\nБлаго вино со љута отрува.\nАк' ти мене, љубов, не послушаш,\nHa твој рамена глава не ке стое;\nАко мене ти добро послушаш,\nГолем дар тебе ке те дарувам.”\nИ си поиде во гора зелена,\nТри дни шетал, три дни Мурчо ловал,\nНишто лова тој не изловал.\nИспуштил два брата соколови,\nГи је пуштил вишем пo небото;\nТам најдоха едно орло пиле,\nГо удриха два брата соколи,\nЕдно го бие доле под криља,\nДруго го бие над криља;\nОрле пиле се је натделило,\nCи слезело долу на земјата;\nГо носиха на Мурчо господар.\nОрле пиле дробни с'лѕи роне,\nИ на Мурча веле и говоре:\n„Ако беше и брат ми сo мене,\nТвој пилци не ке приближеха;\nТога Мурчо викало да плаче,\nПиле што је (пиле) нe може без брата,\nАми мене што чудо ме најде!”\nИ се врати дома да си ходе,\nHa п'т стрете црн'а Арапина,\nИ на Мурчо вика, се привика:\n„К'д' је, Мурчо, брат ти да т' откине?”\nМурчо пусти коња да си бега,\nA Арапин с боздогана фрли,\nИ гo удри no јуначки плешти,\nДури гр'ди My ce испукале,\nЦрни крви дури си изтекле;\nОт малу с бегање откинало,\nA што беше Мурчовица млада,\nОна била хитра ем разумна!\nЗготвила је господарски манџи,\nHa мест' отрув медовина клала,\nИ канила свој девер Јанкула,\nДа го гостит с господарски манџи,\nИ го пуи с блага медовина,\nHa Јанкула право My кажува:\n„Мој девер Јанкула Војвода!\nТвоја брата од лова ке дојде,\nМен лошо тој нар'чало,\nКак' ке дојде живо дан' те најде.\nТи са мољам, Јанкула Војвода,\nДа cи легниш, жив мртовец биди.”\nЈанкула снаха послушало,\nИ легнало на вишни сараи.\nМурчовица с платно го покрила,\nНад глава му свеки запалила,\nHa глава си црно преврзала,\nИ коса си она разплетела,\nизлегла на тешките порти,\nДа пречекат Мурчо господарот.\nЕто идет Мурчо господарот,\nОд јуначки гр'ди крви течат,\nИ от очи дробни с'лsи роне,\nОт далеку своја љубов пита,\nДал је живо Јанкула Војвода.\nМурчовица вели и говоре:\n„Ја си тебе, добро, почујала,\nHa Јанкула отрува сум дала,\nИ Јанкула младо си умрело.”\nКак си дочу Мурчо господаре,\nМошне горко на него паднало,\nЗашто веке не је живо брате,\nИ от коња оно је слезело,\nCo љутина сабја потргнало,\nДа исече своја прва љубов.\nТога вика Јанкула Војвода:\n„Moи брате, Мурчо господаре!\nСабар чини, уште сум ти живо,”\nКак го виде Мурчо господарин,\nCo радос се на диван качуве,\nC братска љубов брата здравувало,\nHa свој а љубов дар је дарувало.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D1%83%D1%80%D1%87%D0%BE_%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD_%D0%B8_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 623, "cyrillic": 0.968}
{"id": "4180", "title": "Зборник на Миладиновци/ Гого", "text": "Тртнало момче Черпанче, Гого\nЧерпанче Черпанменче,\nHa дл'г п'т вов Цариград,\nMиналo гopa зел'ена,\nНастало полe широко,\nСрјат полe дрво високо,\nПод дрво сенќа а дебела,\nКрај сенка вода студена.\nОтседна момче от конче,\nTa cи седна на бјал камик,\nТa бркна в мешин дисаги,\nИзвади тасче златено,\nНапи са вода студена.\nПa бркна в кујун џепове,\nИзвади гребен филдишен,\nTa cи косица решеше,\nПa на косица думаше:\n„Милата мoja косица,\nДе ли шта да са развјава?”\nТоку бе това думало,\nСрешта му идат сејмени,\nДоде млат Гого да фанат\nДевет планиха минаха\nДесета Гого фанаха.\nДоде му р'це врзаха,\nДевет конопе скинаха,\nC десета р'це врзаха;\nДоде му глава јузеха,\nДевет к'л'че строшиха,\nC десета глава осекле,\nTa ja ca в Черпан занеле,\nHa чаршијата поболе,\nДруми помина бабичка,\nПа на главица думаше:\n„Милата баби косица!\nИ него мајка гледала.”\nA сејмене и думаха:\n„Аферим, бабо, аферим,\nАрна си сина имала,\nДоде млат Гого да фанем,\nДевет планини минахме,\nДесета Гого фанахме;\nДоде му р'це врзахме,\nДевет конопе скинахме,\nДесета Гого врзахме;\nДоде му глава јузехме,\nДевет к'л'че строшихме,\nC десета глава јузехме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%93%D0%BE%D0%B3%D0%BE", "word_count": 194, "cyrillic": 0.943}
{"id": "4176", "title": "Зборник на Миладиновци/ Сестра Ангелина, Тодора и Петре ловачето", "text": "Разбегнала Сава co Морава\nПo Морава крај белего Дунав;\nСама останала лична Ангелина,\nПлатно да ткаит, р'кав да довезит.\nНиштите је пеат, брдото је ѕунит;\nИ ми доткала и ми довезала,\nИ ми заскитала пo гopa зелена,\nКога ми плакала, гора ми ѕунила.\nСтреќа ја стрете Петре ловачето:\n„Ај тако ти бога, убаа девојко,\nТи дали имаш негдека некого,\nНегдека некого, твоја мила рода?”\n„Ај тако ми бога незнаена дељо!\nНемам нигде никого, салт с' имам сестра,\nЕдна мила сестра убава Тодора ,\nИ таја ја водит Петре ловачето,\nАма незнам к'де тој ми ја однесе.”\nЗа р'ка ја фати, на коња ја фрли,\nДупна коња Петре, дома ја однесе,\nДома ја однесе, от далеку викат:\n„Излези, излези, Тодоро Кадано,\nДа видиш, Тодоро, што робинка носам,\nДваш је поубаа, триш је поработна.”\nИ тогај Тодоре добро не је падна.\nРет је наредила дворје да изметит,\nПрах да је напрашит, за да ми огрдит;\nИ ми се измила co студена вода\nИ ми се сторила уште поубаа.\nРет ми је редила жито да отсеит,\nПрах да ја нападнит, за да ми огрдит.\nПак ми се измила со студена вода,\nИ ми се сторила уште поубаа.\nТога ми ја праштат Тодора Кадана:\n„А тако ти бога, убаа девојко!\nАљ имаш некого твоја мила рода?”\n„А тако ми бога, убаа невесто!\nНемам нигде никого моја мила рода.\nЈа с'де си имам една мила сестра\nЕдна мила сестра убава Тодора,\nТаја ја водит Петре ловачето.”\nТогај се грабнаа, си се загрние,\nОт радост сестри плачет не се одељват.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0%2C_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 257, "cyrillic": 0.992}
{"id": "4182", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко и Димна Горе", "text": "Најмал ми се левен Марко,\nДа ми вардит Димна гора\nДимна гора и зелена.\nHa вечер ја обидваше,\nA нa утро је оптиваше:\n„Ајти тебе зелена горо,\nШто си, горо, подгорила?\nАљ те оган изгорело?\nАљ те слана посланила?”\n„Левен Марко, a стопане!\nHe ме оган изгорило,\nНи ме слана посланила,\nТуку жаљба ми паднала;\nПоминае три синџири\nТри синџири младо робје,\nПод ноѕе ме изгазие\nCo с'лзи ме попарие.\nПрви синџир што помина,\nСе јунаци посвршени;\nВтори синџир што помина,\nСе девојки прстенвати;\nA трекиот што помина,\nСе вдоици с луди деца.”\nТога велит левен Марко:\n„А к'де cu отидое?”\nДимна гора одгоори:\n„Бргу трага ке им наиш,\nСега рано поминae.”\nCe наљути левен Марко,\nИ си зеде брза коња,\nШто пособра дробна војска\nДробна војска се Арапи;\nCи прифтаса три синџира,\nCи посече зулумкари,\nCи испyшти младо робје,\nОт синџири 'и истаи,\nИ даруа с добро азно,\nИ испушти на вилеет.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B5", "word_count": 155, "cyrillic": 0.948}
{"id": "4169", "title": "Зборник на Миладиновци/ Болен Дојчин (2)", "text": "Што ми дошол црна Арапина,\nШто кондисал под Солуна града,\nПод Солуна долу в ливаѓето:\nГлава имат колку еден казан,\nУши имат колку два таруна,\nОчи имат колку два шиника.\nToj ми сакат голема тахина,\nHa ден сакат п' една фурна леба,\nИ им сакат пo две бочви вино,\nИ им сакат пo бочва ракиа,\nИ им сакат пo три крави јалој,\nИ п' една девојка за љубење.\nСите ми ce co ред наредиле,\nРед ми дојде до Болен Дојчина.\nДворје метит лична Ангелина\nДворје метит, дробни с'лѕи ронит.\nЈа догледа брат је Болен Дојчин:\n„Зашто сестро мила Ангелино,\nДворје метиш дробни с'лѕи рониш?\nЕли ти се веке здодеало\nМене болен, сестро, гледаеки,\nИли дворје, сестро, метееки?”\n„Еј Дојчине, мои мили брату!\nДа не ми сe мене здодеало,\nНито тебе, брату, гледаеки,\nНи пак, брате, дворје метееки.\nТок' што дошол црна Арапина,\nШто кондисал под Солуна града\nПод Солуна, долу в ливаѓето,\nГлава имат колку еден казан,\nуши имат колку два таруна,\nОчи имат колку два шиника.\nТој ми сакат голема тахина,\nHa ден сакат п' една фурна леба,\nИ им сакат пo две бочви вино,\nИ им сакат пo бочва ракиа,\nИ им сакат пo три крави јалој,\nИ п' една девојка за љубење;\nСите ми се со ред наредиле,\nРед ми дојде до Болен Дојчина.”\nИзговори Болен Дојчин сестре:\n„Ангелино, моја мила сестро!\nИзвади ми моја остра сабја,\nТри години сабјa неватена,\nНеватена, ни па наточена;\nОднеси ја у млад, калакчиа\nHa моега мила побратима,\nДа наточит моја остра сабја,\nКог' станам ке му платам, надплатам.”\nЈа однесе млада Ангелина;\nИзговори млади калакчиа:\n„Ангелино, Дојчиноа сестро!\nАко даваш твое бело лице,\nТака острам сабја вepecиa.”\nPacплакa ce уба Ангелина,\nВчас се врати в свои рамни дворје:\n„Ејди Дојчин, мили брате мои!\nЦрни очи сакат калакчиа,\nДа наострит сабја вересиа.”\n„Ељ ме чуеш, сестро Ангелино!\nИзвади ми моја брза коња,\nТри години коња незобано,\nНи глеано коња, ни чешано\nНи па арно вода напоено,\nОднеси го при млад налбатина,\nДа подкоит коња вересиа,\nКог' станам ке му платам, надплатам.”\nКоњ однесе млада Ангелина\nКоњ однесе у млад налбатина;\nБело лице сакат за ковање.\nПлачееки трчат Ангелина,\nКажует Дојчину своју брату:\n,,Налбатина бело лице сакат,\nДа подкоит кања вересиа.”\n„Ај викни ми Имера бербера,\nДа м' избричит глава вересиа;\nКог' станам ке мy платам, надплатам.”\nCи отиде лепа Ангелина:\n„Еј бербере, еј Дојчин пријатељ!\nИд' да бричиш мој брата Дојчина,\nКога станит ке ти платит, претплатит.”\n„Ак' ми даваш твое бело грла,\nТака бричам твои брата Дојчина.”\nЖешки с'лѕи Ангелина ронит,\nСтрамно, жаљовно назад се враштат;\nАнгелина сестра дошла дома,\nA Дојчину часот му текнало,\n„Ејди сестро, злата Ангелино!\nИзваи ми триста лакти платно,\nДа престегнам моја половина,\nВеке ми се коски раскостеле;\nПодаи ми ж'лта боздогана,\nИзвади ми моја остра сабја,\nДонеси ми брза коња маја.”\nMy изваде триста лакти платно.\nCи престегна разболена сн'га,\nCи oпaca остра сабја своја,\nCи ce фрли на брзага кања,\nCи ja грабна ж'лта боздогана,\nПрау трчат кај црни Арапин.\nЕта стигна кај бела чадора,\nПиштит, викат колку гласје имат:\n„ Ја излези, црна Арапино!\nЈа излези, курвино копиле!\nЈа излези, гламно опалена!\nИзлези аба да с' обидиме,\nТи да видиш јунак од јунака!”\nCи излезе црна Арапина,\nТуку врескал, како некој аждер:\n„Чекај Дојчин, ж'лт восочина!\nЧекај, чекај, море, боздоганов\nMaлy тежит седумдесет ока.”\nАрап фрли тешка боздотана,\nЈа пречека Дојчин во десница.\n„Чекај, чекај, курвоно копиле!\nЦрн Apпин гламна опалена,\nТи да видиш кој је Болен Дојчин!\nЧекај моја ж'лта боздогана,\nMaлy тежит тристотини ока.”\nКога џитна ж'лта боздагана,\nГо погоди меѓу двете очи;\nCe разглаби глава Арапинска,\nКак д'п печен тога тој се спружи,\nТој се спружи на сурова земја.\nДупна коња Болена Дојчина,\nДупна коња при Солуна града,\nДобра плата плати калакчиу,\nHe заборај добро налбатину,\nНајповише Имеру берберу.\nГлавје им кљошна пo Солунски п'тје.\nCe што живој излезе да пулит,\nМладо, старо Болена Дојчина,\nИ да слават, да фаљат јунаство.\nОдвај дојде при своите дворје,\nТака Дојчин легна и cи yмpe.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%94%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B8%D0%BD_%282%29", "word_count": 673, "cyrillic": 0.979}
{"id": "4174", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јанкула и Никола", "text": "Mope Јанкуле, Јанкуле!\nСбрале сја с' џелепе,,\nHa Стамбол на Едикула,\nЧервено вино пиеха,\nCeки cи брату напива,\nЕдин другоме наздраве;\nA Јанкул нема мил братец,\nHa здравје да му напива,\nA тој си коњу напива;\nДружина му с' подсмива.\nA тој си дома отиде,\nTa па си мајци думаше:\n„Мамо лe, моја мајчице!\nОти ми не си родила\nБратец, ја мила сестрица,\nЧе с' с дружина с'брахме,\nЧервено вино пиехме,\nСеки си брату напива,\nАзе си немам мил братец,\nНито пa милa сестрица,\nHa здравје да им напива.”\nМајка Јанкулу думаше:\n„Синко Јанко-ле, Јанко-ле!\nТи си имаше мил братец\nМил братец, синко, Никола,\nТридесет и три години,\nКа је далече забјажал,\nМама го не е разбрала;\nCeгa гo мама разбрала\nHa Рабухчиска планина,\nЈунашки млада Војвода.”\nЈанкул мајци си думаше:\n„Азе шта, мамо, да ида\nHa Рабухчиска планина,\nДа дира брата Никола,\nЧе много м'чно за братец.”\nMajкa Јанкулу думаше:\n„Не оди, синко Јанко-ле!\nМалко ли мајка жаљала\nПо стара брата Никола\nТридесет и тpи години?\nАли за тебе, Јанко ле,\nOт ceгa, синко, до века.”\nЈанкул мajќa си не слуша,\nВоседна коња хранена,\nTa на планина отиде\nHa Рабухчиска планина,\nTa пa c' викна провикна:\n„Де ли си, брајно Hикoлa!\n„Де ли си, и кадја ли cи!\nB кое си тесно клисуре!\nСега при мене да додеш,\nВикат тја брат ти Јанкула.”\nИ зачул бе го Никола\nИз това тесно клисуре,\nТој на јунаци думаше:\n„Дружина вjapнa зговорна!\nТечете преки п'теки,\nTa преставете друмове,\nХванете лудо пијано,\nHи гo бијте, ни кapajтe,\nПри мене го доведете,\nАзе да го попитам,\nДека ме знае, познава,\nЧе мене викат Никола.”\nПослушале го дружина,\nТекоха преки п'теки,\nTa преставиха друмове,\nTa cи Јанкула хванаха;\nНи го биха, кapaxa,\nПри Никола го закараха.\nTa cja e' двата бориле,\nTa cja с' три дни бориле,\nТри лахте земја изриле,\nИ три на доле набиле,\nНикој никому не надви.\nПровикнал с' е Јанкула:\n„Де ми си, мамо, да додеш,\nHa брате да си помагнеш\nCоc мили брата Никола;\nКој годе да си надвие!”\nДосетил с' е Никола,\nЧе му е брате Јанкула,\nTa c' тогава пуснаха.\nTa cи e собрал дружина,\nTa им расплати ајл'ци,\nTa cи дома отидоха.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B8_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 373, "cyrillic": 0.92}
{"id": "4178", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јана и Ѓуро тарговче", "text": "Продавала се убаа Јана\nСамо за Јана девет хилјади,\nЗа рамна става десет хилјади,\nЗа бело лице единадесет,\nЗа бело грло до дванадесет, З\nа црни очи до тринадесет,\nЗа т'нки веги четирнадесет,\nЗа руса коса до петнадесет.\nKoj ja зацени, не ја доцени,\nДури ми дојде Ѓуро тарговче,\nТој ја зацени, тој ја докупи,\nCи ja отнесе во свои дворје\nИ je нар'ча на своја мајка:\n„Арно да глеаш убаа Јана,\nУтро да даваш љута ракиа,\nЈbута ракиа благи јаболка;\nДа не ја пушташ со невестите\nCo невестите на студна вода;\nДа не ја пушташ сo девојките\nCo девојките в гори на цвеке.”\nCи ja остаи убаа Јана,\nИ си отиде на тргоиште.\nНегоа мајка не си ја пуштат\nУбаа Јана на студна вода,\nCo девојките в гори нa цвеке.\nБог да убиет клетине Власи,\nКлетине Власи, се Арбанаси,\nШто ми дојдоа за да ми купат\nЗа да ми купа бела пчеинца;\nHe ми купие бела пчеинца,\nТуку плениа убаа Јана.\nКога си дојде Ѓуро трговче\nЃуро трговче од тргоиште:\n„Камо ти, велит на своја мајка,\nКамо ти, мајко, убаа Јана?”\n„Дегиди синко, Ѓуро трговче!\nШто ми дојдое клетине Власи,\nДа си купеет бела пчеинца;\nHe ми купие бела пчеинца\nTyкy пчениа убаа Јана.”\nНазат се врати Ѓуро трговче,\nИ ми отиде во Влашка земја,\nИ cе погоди на ден Велигден,\nИ ми и најде ке ми играет;\nИ ми cc впушти Ѓуро тргоец,\nД' убаа Јана за да ми играт.\nИ му велеше убаа Јана:\n„Кротко ми играј, ој Бугарину!\nКе ми изкршиш девет прстени,\nДевет прстени на десна р'ка.”\nИ тој говорит убаа Јане:\n„Играј ми, играј, убаа Јано!\nЈас сум и праил, ја ке и кршам.”\nМалку поигра и си ја грабна\nИ си ја грабна убаа Јана,\nCи ja однесе у своја дома.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%83%D1%83%D1%80%D0%BE_%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B5", "word_count": 301, "cyrillic": 0.96}
{"id": "4172", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стајко и Војвода", "text": "Рано е слана паднала,\nПорано преди Крстовден,\nПослани млади јунаци,\nCe co зелени бајраци.\nВосрдиле cјa јунаци\nКак штат да минат, да минат\nПрез Coлун града гољама,\nTa никои да ги не сети\nHe сети и не усети.\nСтајко Војвода думаше:\nСтраине, страшна делио!\nJa 'си ни на рет прегледај,\nКому је женско лицето,\nA пa м'шко му срцето,\nHeгo невеста да сторим,\nДа ванем коне с кириа\nДа натоварим два коња\nМомини м'жки дарове,\nЛенени и копринени,\nTa пa тогава да минем,\nTa никој да ни не сети,\nHe сети и не усети.”\nПослушал бе го млад Страин,\nTa cи ги на рет погледа,\nСтајку бе женско лицето\nA па м'шко му срцето,\nHeгo невјаста сториле.\nХванале коња с кирија,\nНатовариле два кања\nМомини м'шки дарове,\nЛенени и копринени.\nTa пa тогава минале\nПрез Солун града гољама;\nTa никој не бе ги сетил\nHe ceтил и не усетил.\nТамам на краја излезле,\nОздоле иде Циганче\nЦиганче с черно Катунче,\nПозна и Стајко Вој вода,\nСтраин е младо деверче,\nTa cja затече Циганче,\nВ'в пашовите чардаци,\nTa cи на паша думаше:\n„Пашо ле, Солонџио-ле!\nТи седиш, пашо, ти седиш\nHa високите чардаци,\nИ на шарени душеци,\nИ трсиш Стајко Војвода;\nСтајко Војвода минува\nПрез Солун града гољама,\nСторил сја млада невјаста,\nМлад Страин младо деверче.\nПа на гавазе говори:\n„Гавазе, млади гавазе!\nJa си течете, гавазе,\nНазад невјаста врнете,\nВеднажд да ми с' поклони,\nИ р'ка да ми цалува,\nИ ја шта да и арижа\nШто ми са в џеба намери.”\nТога с' текле гавазе,\nTa на девере думаха:\n„Девере, млади девере!\nНазад невјаста врнете,\nЧе си ja вика пашата,\nВеднажд да му с' поклони\nИ р'ка да му целува,\nИ тој ште да и ариже\nШто му с' в џеба намери.”\nИ послушале девере,\nНазад невјаста врнале,\nШтом до портите отишле,\nA невјаста им думаше:\n„Дружина вјарна, зговорна!\nКога си в порти влезиме,\nНазад се обраштајте,\nАко с' порти затворат,\nАлен ми магдан дигнете,\nУзун кал'чка подајте,\nTa пa ce ниско слагајте,\nTa ми се поразгледајте,\nКакво с' клања невјаста.”\nИ клањала се невјаста,\nТриста душ млади гавазе.\nПа с' воскачи невјаста,\nHa високите чардаци,\nПa cи на паша думаше:\n„Пашо ле, Солунџио ле!\nТи седиш, пашо, ти седиш\nHa високите чордаци,\nHa шарените душеци,\nИ трсиш Стајко Војвода;\nЈа си ми подај главица,\nДа не крвава душеци.”\nA паша си мy думаше:\n„Не деј ми зима главица,\nAз да ти, Стајко, арижа\nАрема сос ан'мите.”\nA Стајко си му думаше:\n„Азе ти не шта, пашо ле\nАрема сос ан'мите\nНали ти иска, пашо ле,\nТвојата pyca главица.”\nПа си самичек посегна,\nПашу Пашу главата отрјаза,\nПa ja намаза с'с катран\nИ налепи јa с'с памук,\nПa cи ja на кол поби,\nTa ja потпали млад Стајко;\nTa му светила, светила\nДо три дни и до три ношти;\nA тој си пиe и једе\nC негова вјарна дружина.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 492, "cyrillic": 0.923}
{"id": "4199", "title": "Владо Малески", "text": "Владо Малески (Струга, 5 септември 1919 - Струга, 23 септември 1984) бил истакнат македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради војната ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на современата македонската проза.\n1 Творештво\n* Ѓурѓина алова (раскази, 1950)\n* Бранувања (раскази, 1953)\n* Она што беше небо (роман, 1958)\n* Војната, луѓе, војната (роман, 1967)\n* Разбој (роман, 1969)\n* Разгледи (статии, коментари, полемики, 1976)\n* Кажувања (раскази, 1976)\n* Записи на Езерко Дримски (роман, 1980)\n* Јазли (роман, 1990)", "subject": ["Македонски писатели"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4184", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко си грабит невеста", "text": "Mи помина Марко Кралевике,\nMи помина низ Клисура града,\nПокрај порти попа-Николои,\nсе врати у попа Никола,\nКога виде девојка во дворој,\nДворје метит, јесно с'нце греит;\nСтори тока, и назод се врати,\nИ си појде на негоа мајка:\n„Ајти мајко, ајти стара мајко!\nДа се зготвиш стројница ке оиш,\nКе те пуштам во Клисура града,\nДа ми оиш у попа Никола,\nДа посвршиш убаа девојка.”\n„К'де можа ја стара да ода!”\nЈе се 'рзна на негоа мајка:\n„Али гледаш ж'лта боздогана,\nТи искршвам твои стари коски!”\n„Ајти синко, ајти мили синко,\nКог' поељаш нема што да чинам.”\nИ ми стана Марко Кралевике,\nМи нап'лни три тоари азно,\nCи тоари три млади сејсани;\nКојна седлат, и очи целиват:\n„Ајти моја шарца брза коња!\nКе ти качам моја стара мајка,\nДа ја вардиш да не ја убиеш\nПо п'тишта, пo бели друмишта!”\nИ изваи три мл'ади сејсани,\nИ си качи негоа стара мајка.\nTa cи бркна три млади сејсани,\nПрау тргат во Клисура Града,\nВo Kлиcypa y пoпa Никола;\nЕднош кљуквит, a два п'ти виквит.\nКог' излезе убаа девојка,\nВo дворои с'нце разгреало.\nМаркоа мајка од ошто се зарадва,\nHe чекаше фортоми да сотрешит,\nТук' исече со фрушки ножина,\nРастоари три сејсани азно.\nA од згора викат поп Никола:\n„Ајти тебе Маркоа мајко,\nШто тебе нужба дотврала?”\nИ та појде на диван високи,\nИ му велит на попа Никола:\n„Ме допуштил Марко Кралевике,\nДа му даиш убаа девојка.”\n„Ајти тебе Маркоа мајко!\nЈас от мајка девојка не деља,\nТук девојка ми је посвршена,\nТри јунаци от три кадалаци,\nТри стројои ми је стројувана,\nТри прстени ми је прстенвата.\nВ недеља идет три рала сватои,\nA co ними три китени зетој,\nВо дворои унер ке чинеет;\nКој поголем унер ке ми сторит,\nТој ке земи моја мила керка.\nТука да станит Марко Кралевике,\nДа ми ст'анит утро во недеља,\nДа облечит гуна кабанина,\nДа подседлат коња co мутафа,\nДа се сторит голема тептиља\nИ да дојдит во рамни дворои “ –\nTa cи јавна коња шаренего,\nИ си зеде три млади сејсани,\nКог' си летна пo п'тoj, пo друмој,\nАљ је стара, аљ је пашин деља,\nК 'де креват м'гли и пpaoи.\nСин је чекат на диван високи,\nСлезе брго порти је отвори,\nHe je чекат од коња да слезит,\nTyк ми ја Марко опитвеше:\n„Ајти тебе моја стара мајко'\nАљ посврши убаа девојка!”\n„Постој Марко од коња да слеза.”\nИ ја слезе от коња брзего.\nHe чекает cejceни да фатет,\nHe чекает коња да го фатет.\nИ му велит Маркоата мајка:\n„Ајти тебе Марко Кралевике!\nДевојка ми била посвршена,\nТри јунаци од три кадалаци,\nTpи стројои била стројувана,\nТри прстени била прстенвата.\nВо недеља наутро ке дојдет,\nТри зетои с три рала сватој.\nЗбор ми даде тој попа Никола,\nТи да станиш во недеља рано,\nДа се сториш голема тептиља,\nДа облечиш гуна кабанина,\nДа потседлаш коња сo мутава;\nКој ке сторит поголем унер,\nТој ке зеит убаа девојка.”\nМарк' од радост земја не го држит;\nИ ми стана рано пo недеља,\nCи облече гуна кабанина,\nCи потседла коња co мутава,\nMи ce стори голема тептиља,\nCи нап'лна поли и џепои\nCи н'ап'лни со ж'лти флорини,\nTa cи појде у попа Никола.\nКога глеат чудо и големо!\nВо дворои три paлa сватои,\nДо сватои три китeни зетој.\nМарко кљукат на витите порти:\n,,Отворите, китени сватои!\nОтворите, јабанџја да влезит,\nMaлy ceиp тои да потледат!”\nОтворие китeни сватои.\n„На наш вилеет си имаме адет,\nНевестата р'ка да целува,\nДа целува на чоек јабанџиа,\nЈабанџиа дар да ми је дарвит.”\nИзваие убаа девојка,\nСегна Марко пo бели пазуи,\nРасфрли дукади на сватој;\nМома фати за десната р'ка,\nCи ja фрли на коња зад себе,\nЈа преврза с риза абдеслиа:\n„Ајти шарца, моја брза коња.\nАли сега, шарца, аљ никога!”\nMи ce фрли шарца прек' бедени.\nОтворие китeни сватои,\nОтворие тие вити порти,\nТрчее, трчее, што трчее сите,\nИ пак сите назод се вратие.\nВо сватои се најде копиле,\nДалдисало пo него да трчат,\nДалдисало и го приблизало.\nСтара мајка на диван го чекат,\nСтара мајкa му отвори порти;\nИ је даде мајке си нееста,\nПак излезе надвор до надвора,\nCe поврати нa курвоно копиле,\nДа с' обидит кои је појунак.\n„Нејдам Марко, с тебе да се биам,\nТуку идам побратим да бидам;\nЗашт' се најде јунак од јунака,\nДа пограбиш убаа нееста.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D1%81%D0%B8_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D1%82_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 735, "cyrillic": 0.974}
{"id": "4274", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мавро-јани", "text": "Изникнало едно дрво\nЕдно дрво дафиново\nKолку вишно, толку лично;\nКоренот му по с' земја,\nГранките му слано мope,\nBpшенот му в сино небо,\nНа вршенот ми си има,\nBишни capaj вараклии,\nПокрива му гивгирлиа\nCкалата му бел карагрош,\nПармаѕите jaлдезлии.\nTaмo ceдe Maвро-јани\nMaвро-јани, Букреш беи,\nC неговата прва љубов\nПрва љубов Aнгелина,\nC балдаза мy Maгделина;\nПиат, jaдат, aинк чинат.\n3aстанало eднo пиле,\n3acтанало нa capajoт,\nДури пее дур’збopyвa,\nИм зборуве, им кaжуве:\n„Maвро-јани, Букреш беи!\nАрно пиеш,арно јадиш,\nЕм си арно аинк чиниш,\nE да станиш да погледниш,\nКак је листот на гората,\nтак је војска пополишта.”\nToгaj веле Мавро-јани;\n,,Ej балдаза Магделино!\nСтани, стани да разгледаш\nГоре долу по п’тишта!”\nМагделина го послуша,\nTa си стана, та разгледа,\nГоре долупо п’тишта,\nTa му вели и говоре:\n„Maвpo-jaни, Букреш беи!\nTa што стоиш, та што гледаш,\nCкopo ние отидехме;\nKe не пленат врли Турци;\nKaк je листот на гората,\nTaк je војска по п’тишта.”\nKa cи дочу Мавро-јани,\nTa си стана, та си прегна,\nШарен интов томбаклиа,\nКовчеџето со флорини\nИ нихното м’шко дете,\nIIpва љубов Ангелина,\nБалдаза му Магдалина,\nДа бегаха в слано море.\nToгaj веле Мавро-јани;\n,,Ej балдазо Магдалино!\nO6pни ce назат - зади,\nДа разгледаш силна војска,\nДал фтасаа до сараи.”\nO6pнa ce Marдeлина,\nKaк je листот во гората\nTaк je инсан на сарајот,\nCкалата му разтуриа,\nПармаѕите поскршиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%BE-%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8", "word_count": 237, "cyrillic": 0.924}
{"id": "4276", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ѓуро златарче и охридски паша", "text": "Oj Ѓуро, Ѓуро, Ѓуро златарче,\nЃуро златарче еден у мајка!\nБог да убиет Охритски паша,\nШто те покани в Охрит на свадба,\n3дpaвица пуштил љута ракиа.\nИ му говоре Ѓурова мајка:\n„O мили синко Ѓуро златарче!\nНе ми је мила она здравица\nОна здравица љута ракија,\nШто ти ја пуштил Охритски паша.”\nHejзе говоре Ѓуро златарче:\n„O мајко, мајко, ocтарела мајко!\nостарила ce, безумила ce,\nToвa cи имат, това си пушти.”\nПа си направи Ѓуро златарче,\nToj cи направи стребрена кола,\nСтребрена кола златни тркала,\nИ си направи златно јаболко,\nИ си ја качи старата мајка,\nИ си ја качи млада невеста,\nПа си отиде в Охрит на свадба.\nБог да убие Охритски паша!\nТамам го виде Ѓуро златарче,\nВчас си излезе надвор на порти,\nДа си пречекат Ѓуро златарче,\nИ му говори Охритски паша:\n,,Ej гиди Ѓуро, Ѓуро златарче!\nБило ми свадба и поминало;\nAjде влези си в м'шки дворови!”\nA невестата му ја зедоха,\nMy ja внесеха в женски дворови.\nЧасот што пошол Ѓуро златарче,\nнa вчасот него го дарубали:\nHa cтара мајка црна марама,\nЃуру златару златни ремења,\nA на невесте златни прстен.\nПа изговоре Ѓурова мајка:\n„O Ѓуро, Ѓуро, мој мили синко!\nHe ми је мило дар што даруваа.”\nTa изговоре Ѓуро златарче:\n,,Moлчи, не зборуј, ти стара мајко,\nДа не не чует Охритски паша,\nAко не чует ќе не загубит.”\nУште си речта недоречена,\nEте го фтаса Охритски паша,\nИ ми го фати Ѓуро златарче,\nМи го исекло залак по залак,\nПа останала Ѓурова мајка\nЃурова мајка стара робина,\nA невеста му млада кад’на.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%83%D1%83%D1%80%D0%BE_%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%87%D0%B5_%D0%B8_%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B0%D1%88%D0%B0", "word_count": 261, "cyrillic": 0.939}
{"id": "4278", "title": "Зборник на Миладиновци/ Невеста загубвит Татари", "text": "От како петли пеае,\nНиз гора кој ми помина?\nПоминае ми, минае\nКитените ми сватои\nСо најхубава невеста.\nЗадале ми се Татари,\nТатари, црни Арапи,\nУплашили се сватои,\nТуриле млада нееста\nСо едно млада деверче.\n„Дали си туфек фарљало,\nДали си сабја тргало?”\n„Невесто, млада невесто!\nНито сум туфек фарљало,\nНито сум сабја тргало!”\nТога ми млада нееста\nЗапрегна поли, р'каи,\nСи фрли дулак от глаа,\nСи фрли туфек на рака,\nИ остра сабја во уста.\nФрљала што ми фрљала,\nИстајла сабја от уста\nНа онје црни Арапи,\nИ загубила Татари\nТатари црни Арапи.\nСобрале ми се сватои,\nТа отидое дома си.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%83%D0%B1%D0%B2%D0%B8%D1%82_%D0%A2%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4279", "title": "Зборник на Миладиновци/ Девојка хврљат камен", "text": "Собрале ми се набрале\nДо триста млада момчина,\nТие да камен фарљает,\nКој ке се камен натфрлит.\nСите се редум редиле,\nНикој го камен натфрли.\nКога го зеде девојка,\nСите и камен натфрли;\nТога ми велит девојка:\n„Еј вие младд јунаци!\nХарам да ви је улефе\nПо двесте, триста грошеи,\nКога се најме девојка,\nСем да ве камен натфрлит!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D1%85%D0%B2%D1%80%D1%99%D0%B0%D1%82_%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4280", "title": "Зборник на Миладиновци/ Тодора керка (2)", "text": "Личба се в града личила,\n„Кој ми је кадар и вреден,\nНа силна војска да одит;\nКој ке на војска не одит\nОт тимар ке го истаам.”\nСите на војска пратие,\nКој сина, кој мили мнука;\nСиромах Петко немаше\nНи сина, ни мили мнука,\nЕљум што Петко имаше\nТокму за девет девојки.\nПетко низ дворје шеташе\nИ дробни с'лѕи ронеше,\nБели си р'це кршеше\nОт свои бели рамена;\nИ дробни с'лѕи ронеше\nПо свои бели образи,\nДур' ми и дворје завади.\nСи го доглеа Тодора,\nТодора најмала керко;\nТодора лепо говорит:\n„Егиди татко сиромаф!\nШто ми те нужба дотера,\nТа дробни с'лѕи ми рониш\nПо свои бели образи?\nИ твоја глаа си кршиш\nОт твои бели рамена?\nИ бели р'це си кршиш\nОт твои бели колена?”\n„Егиди керко Тодора!\nКако да с'лѕи не ронам?\nКако да р'це не кршам?\nЛичба се в града личила,\nКој ми је кадар и вреден\nНа силна војска да одит;\nКој ке на војска нe одит\nОт тимар ке го истаам.\nСите на војска пратие\nКој сина, кој мили мнука;\nА ја си нема никого\nНи сина, ни мили мнука,\nОт тимар ке ме истаит!”\nТодора лепо говорит;\n„Егиди татко сиромаф!\nАљ тоа гајле те нашло!\nВлези си земни керали,\nИ во темни конушници,\nПотседлај коња шарени,\nЈас ке ти одам на војска?”\nСи стана Петко сиромаф,\nВлезе в темни конушници,\nПотседла коња шарена.\nТаја си влезе в керали,\nИзваде руо јуначко,\nИ ми се лепо промена.\nСи ј авна коња шарени,\nСи зеде барјак крстетни,\nНа појас ж'лти боздоган,\nВ пазуа сабја димискиа,\nТа ми отиде на војска.\nВојвала што ми војвала\nТокму за девет години;\nКога от вoјска идеше,\nПо стрет чаршиа трчаше,\nСама си песма пееше:\n„К'де се чуло, видело,\nМомичка војска да војвит\nТокму за девет години,\nНикој да не ја узнаит,\nДури се сама казала!”\nКога је песма слyшae,\nСите ми се почудие.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0_%282%29", "word_count": 322, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4246", "title": "Убава наша татковино", "text": ":хрватски\n:Lijepa naša domovino,\n:Oj junačka zemljo mila,\n:Stare slave djedovino,\n:Da bi vazda sretna bila!\n:Mila kano si nam slavna,\n:Mila si nam ti jedina,\n:Mila kuda si nam ravna,\n:Mila kuda si planina!\n:Teci Dravo, Savo teci,\n:Nit'ti Dunav silu gubi!\n:Sinje more, svijetu reci,\n:Da svoj narod Hrvat ljubi!\n:Dok mu njive sunce grije,\n:Dok mu hrašće bura vije,\n:Dok mu mrtve grobak krije,\n:Dok mu živo srce bije!\n:македонски:Наша убава татковино,\n:Ој јуначка земјо мила.\n:Старославна дедовино,\n:Вечно да си ми среќна!\n:Мила си ни колку што си славна,\n:Мила си ни ти единствена,\n:Мила си ни кај си рамна,\n:Мила кај си планина!\n:Течи Драво, Саво течи,\n:Ни ти Дунав, сила не губи,\n:Сино море кажи му на светот,\n:Дека својот народ хрватот го љуби!\n:Додека нивите му ги грее сонце,\n:Додека дабовите бура му ги вие,\n:Додека мртвите гробот му ги крие,\n:Додека срцето живо му бие!", "subject": ["Хрватски песни", "Национални химни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0_%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE", "word_count": 155, "cyrillic": 0.535}
{"id": "4283", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ружица девојка и триесет момчина", "text": "Седнале ми триесет момчиња,\nСеднале ми покрај црно море;\nСлуга служит Ружица девојко,\nСлуга служит, лепо им говорит;\n„А егиди триесет момчина!\nАко можам сем слуга да чинам,\nЈа не можам сем љубов да бидам;\nКој је јунак от јунака роден,\nДа си слечи рубо копринено,\nДа облечит панѕур кошуља,\nДа си земит штица челикоа,\nДа препливат преку црно море,\nДа излезит на крај на краиште,\nТамо има злата јаболцница,\nДа си скинит три златни јаболка,\nЈа со него љубов ке да бидам.”\nСите ми и глаи наведое,\nЕљум еден глаа не наведи;\nИ си стана на нога јуначка,\nИ си слече рубо копринено,\nИ си зеде штица челикоа,\nСи се фрли п' она црно море,\nМи излезе на крај на краиште,\nИ си најде злата јаболшница,\nНе си скина три злата јаболка,\nЈаболшница от корен откорна.\nСи преплива преку црно море,\nЈа донесе на чесна трпеза.\nКо' го виде Ружица девојко,\nИ си стана на јуначка нога\nИ се спушти в очи го целива,\nСи ја фати за десна р'чица,\nСи поведе триесет момчина,\nСи отиде при својата мајка.\nЗафатие свадба да ми чинет,\nМалку свадба токму три месеци.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A0%D1%83%D0%B6%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82_%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 191, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4189", "title": "Бог на правдата", "text": "1 Српски јазик\nБоже правде, ти што спасе\nод пропасти досад нас,\nчуј и одсад наше гласе\nи од сад нам буди спас.\nМоћном руком води,брани\nбудућности српске брод,\nБоже спаси, Боже храни,\nсрпске земље, српски род!\nСложи српску браћу драгу\nна свак дичан славан рад,\nслога биће пораз врагу\nа најјачи српству град.\nНек на српској блиста грани\nбратске слоге знатан плод,\nБоже спаси, Боже храни\nсрпске земље, српски род!\nНек на српско ведро чело\nтвог не падне гнева гром\nБлагослови Србу село поље,\nњиву, град и дом!\nКад наступе борбе дани\nк' победи му води ход\nБоже спаси, Боже храни\nсрпске земље, српски род!\nИз мрачнога сину гроба\nсрпске славе нови сјај\nнастало је ново доба\nНову срећу, Боже дај!\nОтаџбину српску брани\nпет вековне борбе плод\nБоже спаси, Боже брани\nмоли ти се српски род!\n||\n2 Македонски јазикБуквален превод. Не е поетски.\nБоже на правдата, ти што не спаси\nод досегашен пропаст нас,\nСлушај ги и од сега гласовите наши\nИ од сега биди спас наш.\nСо моќна рака нè води, брани\nја иднината на српскиот брод,\nБоже спаси го, Боже храни го,\nсрпскиот крал, српскиот род!\nСложи ги српските браќа мило\nНа секоја горда славна работа,\nСлогата ќе биде пораз на врагот\nА најјак српски град.\nНека на српството блисне гранка\nна братска слога, златен плод,\nБоже спаси го, Боже храни го\nсрпскиот крал, српскиот род!\nНека на српското ведро чело\nДа не падне твој гневен гром\nБлагослови го српското село\nПоле, нива, град и дом!\nКога настапуваат борбени дни\nКон победа води му пат\nБоже спаси го, Боже храни го\nСрпскиот крал, српскиот род!\nОд мрачниот синов гроб\nСрпските круни, нов сјај\nСтанала нова доба\nНова срећа, Боже дај!\nКралството српско брани го\nПетвековната борба, плод\nСрпскиот крал, Боже храни го\nТи се моли српскиот род!\n|}", "subject": ["Србија", "Српски песни", "Национални химни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 302, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4284", "title": "Зборник на Миладиновци/ Краљ, кралица и Ружица девојка", "text": "Краљ, кралица ројно вино пијет,\nКраљу слуга Грче азнатарче,\nА кралице Ружица девојка.\nКраљот ли је кралица велеше:\n„Еј кралице, еј господарице!\nАјде да си слуга да си размениме,\nКралице је не добро паднало,\nИзваила едно фрушко ноже,\nИзмахнала назад ноапаку,\nЈа удрила Ружица девојка,\nЈа погоди меѓу двете очи,\nЈе изваде обе црни очи.\nСе расплака Ружица девојка:\n„Леле боже, за црните очи!”\nКралица је Ружице говорит!”\nМ'лчи, м'лчи, Ружице девојко!\nКе ти даам до два бели града,\nДа си гледаш до кога си жива.”\nМ'лчи, м'лчи, Ружица девојко!\n„Да ти слепам до две бели града,\nКога немам очи да и глеам!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%99%2C_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B8_%D0%A0%D1%83%D0%B6%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 107, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4285", "title": "Зборник на Миладиновци/ 198 песна", "text": "Цар Селим, Дојколе, се подервишило,\nСи облекол, Дојколе, бело руво,\nДа излегол, Дојколе, на Велигден,\nДа и гледат, Дојколе, кај играет,\nИзлегоа, Дојколе, кметоити,\nКак на Прилеп, Дојколе, бегоите,\nИзлегоа, Дојколе, кметиците,\nКак на Прилеп, Дојколе, беџиците;\nИзлегоа, Дојколе, младоженети,\nКак на Прилеп, Дојколе, спахиите;\nИзлегоа, Дојколе, невестите,\nКак на Прилеп, Дојколе, спахиците;\nИзлегоа, Дојколе, ергените,\nКак соколи, Дојколе, по гората;\nИзлегоа, Дојколе, девојките,\nКак еребици, Дојколе, обружани,", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_198_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4282", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јован и мајка му", "text": "Јован мајка мошне додеваше\nМајка му се љуто наљутила,\nЈована го љуто прок'лнала:\n„А Јоване, а синко рогене;\nЗашто олку, синко, ми додеваш,\nДа би дал бог да се попалаиш,\nТа да поидиш во гора зелена,\nДа се сториш, синко, сури елен.\nЗиме да зимвиш студени осој,\nЛете да летвиш горешки присој,\nИ да ми шеташ токму три години,\nНа четворти умот да ти дојдит!”\nНазад синот клетва је вратило,\n„Ајти мајка, ајти мила мајка!\nКако велиш клетва да ти бидит;\nЈа да ти се, мајка, попалаам,\nКога ке се мајка, попалаам,\nКо' ке појда во гора зелена,\nДа би дошол Корун кесеџиа,\nДа б' загубил сина поголеми,\nДа ти плени стока богатиа,\nДа ти земит девет тавли коњи,\nДа ти земит три млади неести,\nНевестите за црни робини,\nИ дечиња луди телчарчина,\nИ ти сама гускарка да бидиш,\nДа ми пасиш гуски на п'тишта!”\nКако што се клетва изк'лнае,\nТак им се клетвите фатие.\nМлади Јован си се попалаи,\nИ ми појде во гора зелена;\nИ ми појде Корун кесеџиа,\nМу загуби брата поголеми,\nШто ми рече сите се сториа.\nКолку дојде четворта година,\nУмот дојде тога на Јована;\nМи киниса дома да ми идеј,\nИ си вижат своја стара мајка,\nК'де пасит гуски на п'тишта.\nТога велит Јован добар јунак:\n„Леле мајка, леле мила мајка!\nКако си се клетви изк'лнафме,\nТака клетви, мајко, не фатие;\nНаучи ме сега што да чина,\nЗашто немам една добра коња.”\nИ му рече негва стара мајка:\n„Ајти синко, ајти мила синко!\nДа ти кажам, синко, шта да чиниш,\nДа си појдиш в стара кобилица;\nТаја ми је, синко, изтерана,\nЕво имат за девет години,\nТаја, синко ни је наљутена,\nЗашто сме ја, синко, истерале,\nИстерале волци да ја јадат,\nДа је молиш со галеми мољби,\nТаја ми је умна и разумна.”\nКако мајка си го научила,\nЈован појде во Стара планина,\nИ је рече на стара кобила:\n„Кобилице, моја мила мајка!\nЖити помин што си поминала,\nПоминала во нашата куќа,\nАјде сега со мене да дојдиш,\nДа одиме мие у Коруна,\nДа бараме и стока и љуѓе.”\nКинисае и си отидое,\nИ ми викна уште от далеку:\n„А излези Корун кесеџиа!\nЕла еднош да се обидиме,\nОбидиме јунак .со јунака,\nКако губиш мое мила брате,\nМило брате, како рудо јагне,\nКако грабиш моја мила стока!”\nСе измами Корун, ми излезе,\nсе спушти Јован добар јунак,\nСи го фати за тенки рамена,\nДо колена в земи го закачи,\nСо кобила пот ноѕе го изгази;\nИ му зеде Коруноа сабја,\nМу пресече негва добра глаа,\nИ си зеде три млади неести,\nИ си зеде с'та своја стока,\nПосле зеде и негоа стока,\nСи излезе надвор по п'тишта,\nСи ја зеде своја стара мајка,\nИ си зеде свои луди деца,\nСи отиде во својата кука;\nИ је вели Јован добар јунак:\n„Радви ми се, моја мила куќо.\nЧесна биди, как што ми си била!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D1%83", "word_count": 487, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4287", "title": "Зборник на Миладиновци/ Еден син и мајка", "text": "Што ј е штама на горна долна земја\nЕли ми је м'тна вода носит?\nЕли ми је силен огон горит?\nЕли ми је силен паша биет?\nТа не ми је м'тна вода носит,\nНито ми је силен огон горит,\nНито ми је силен паша биет;\nТуку ми је таа црна чума,\nШта удрила се ми поморила.\nНе ми биет староно и младо.\nТук' ми биет кој дека је јунак,\nШто удрила еден син у мајка,\nГо удрила и го поморила.\nК'та ден му мајка на гроб одит,\nК'та утро, „синко, добро утро”;\nК'та вечер, „синко, добар вечер!\nТопла ли је, синко, земна кука?\nМека ли је земјана постеља?\nМеки ли је каменот позглава?”\nОт жаљови земја проглвори:\n„Топла ми је, мајка, земна кука,\nМека ми је земјана постеља,\nИ мек ми је каменот позглава:\nНемој к'лни, мај ко, црна чума,\nИ тај а ј е, мајко, пот повеља,\nТуку к'лни Имера бербера,\nШто остаи перче каркмалиа,\nДа ми лежит змиа тројноглаа,\nСо дванаесте мали змиуљчина.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%95%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D1%81%D0%B8%D0%BD_%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 172, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4281", "title": "Зборник на Миладиновци/ Елин дојка", "text": "Попитале Елин Дојка\nГорна долна Руменлиа\nТри години на далеку.\nМајка Дојка не дааше,\nДевет браќа ја дадое,\nЗашто беше на далеку,\nКога к' одет на првиче,\nКоњи да се најавает,\nПушки да се нафрљает,\nI,Iилит да се наиграет.\nМајка љуто и прок'лна:\n„Море синко, мили синко!\nЗашто Дојка је оделифте\nТри години на далеку,\nКога Дојка к' извадите,\nДа внесите црна чума,\nЦрна чума и панукла,\nИ дробнана сипаница,\nСем да девет пособерит,\nСо се ваши луди деца.”\nКако мајка прок'лнала,\nТака клетва се фатила.\nКога Дојка извадое,\nИ им дојде црна чума\nЦрна чума и панукла,\nИ дробнана сипаница,\nСите девет и пособра\nСо се нивни чуди деца,\nС'де мајка је остаи.\nСе сторила мила мајка\nПуста сина кукаица,\nДа ми кукат дење ноште.\nЕлин Дојка што чекала,\nМи чекала три години,\nДа је дојдет девет брака,\nДа ја канет на првиче.\nЕлин Дојка заплакала\nМошне мошне жалоито:\n„Леле боже, мили боже!\nЛели браќа ме дадое\nМе дадое на далеку,\nЗа да идет на првиче,\nКак ме брака не викнае!\nЕли сите м' остаие,\nНајмалиот брат Костадин\nКак ме мене забораи,\nШто во мене се к'лнеше\nМалу многу жими Дојка!”\nБогу му се нажалило,\nИ је пушти еден ангел\nЕден ангел от небеси,\nЈе го крена Костадина,\nШто му ангел напраило\nОт плочата погачица,\nОт киурот чутурица,\nИ му рече Костадину:\n„Ајде сега да си одиш\nПри твојата мила сестра,\nДа ја каниш на првиче.”\nНачас појде да ја канит.\nКога Дојка го видела\nСе спyштила, го гушнала:\n„Леле брате, мила брате!\nШто си олку расипано?\nЛели беше ти поличен\nТи от сите девет брака!”\nИ Костадин што је рече:\n„Мори сестро, мила сестро!\nКако да сум сестро личен?\nЕво имат три години\nБолен лежа на постеља.\nТуку ајде земај си го\nИ твоето м'шко дете,\nТебе дома ке те носам\nДа ја видиш наша куќа.”\nСи зедое м'шко дете,\nСи зедое брза коња,\nСи тргнаа да си одет.\nИ одиле што одиле,\nКолку пошле крај црквата,\nМи пропеа едно пиле,\nЕдно пиле од древјата:\n„Мори желна Елин Дојке!\nПо кого си кинисала,\nПо мртвего Костадина!”\nСе зачуди Елин Дојка,\nШто ј е пиле, што ми пеит.\nИ си рече Елин Дојка:\n„Белки пиле ми се смеит,\nЗашто ми је брате болно,\nМи је мошне расипано.”\nДо црквата си појдое,\nМило брате је загина.\nСе зачуди кутра Дојка,\nШто да чинит, как да чинт.\nСи отиде дури дома,\nШто да видит чудно чудо!\nПусти порти затворени,\nДворје пелин обрастени,\nА во дворје мила мајка,\nК'де кукат дење ноште\nКако сина кукаица.\nКолку Дојка ми отишла\nДо неиѕина милна мајка,\nМајка си ја прегушнала.\nКако си се прегушнае,\nТака си се удаие\nОт жаљање, от плачење;\nА Дојкино лудо дете\nПот ноѕе го изгазие.\nТаква била лоша клетва.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%95%D0%BB%D0%B8%D0%BD_%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 467, "cyrillic": 0.998}
{"id": "4291", "title": "Зборник на Миладиновци/ Скендербег", "text": "Попленал ми Скендер-бег\nЈовче поле Битољско,\nМи попленал Скендер-бег\nЕдно мало девојче,\nДевојче и Латинче,\nТа го фати за р'ка\nТа ја фрли на коња.\nКога бегот бегаше,\nТиок ветар вееше;\nМомето ми плачеше,\nСитна роса росеше;\nМомето се насмеа,\nЈесно с'нце угреа,\nЛатински му зборвеше:\n„Море бегу, Скендер-бег!\nНемој да ме поплениш,\nОт си имам три браќа\nТатко и мајка ме дават,\nБрат Никола не дават;\nКе ме дадет Алај-бег\nАлај-бег за сина;\nКе напраит ќуприа\nСо два драга камења,\nСо дробнего бисера\nЗа малего Мефмеда.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%B5%D0%B3", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4288", "title": "Зборник на Миладиновци/ Краљ и Русанта кралица", "text": "3аплакала Русанта кралица\nИ ми дојде краљот господине,\nИ говорит краљот господине:\n„А егиди Русанте кралице!\nШто те нужба тебе дотерало,\nС'лѕи рониш по бели образи?\nАљ доноси бисерни гердани?\nАљ износи руо копринено?”\nГовореше Русанта кралица:\n„А егиди крале господине;\nНе износиф бисерни гердани,\nНе износиф руо копринено;\nТуку е'о за девет години,\nНикако сме чедо не виделе,\nТа ни женско, краљу, та ни м'шко.”\nИ говорит краља господине:\n„Али си се сама не узнала?\nАљ не глеаш црвена долама?\nКога дојде за мене невеста,\nДолама крај со крај ти идеше,\nАма сега крај со крај не идет.”\nМало време што си постојала,\nПостигнала лудо м'шко дете.\nГо повила во кумаш пелена,\nИ го клала во злата лељајка,\nИ го пови со срмени повој,\nИ го кладе во стреде двореи,\nВ стреде дворои на мрамор плоча,\nС нога го љуљат, с уста му пеит,\n„Нани, нани лудо м'шко дете!\nНани, нани, страдвало те татко!\nНани, нани, жедвала те мајка!”\nИ је дочу Краља господине:\n„А егиди Русанта кралица!\nЗашто к'рниш лудо м'шко дете?\nИ си влезе в шарена одаа,\nСи откључи шарека ковчега,\nСи изваи платно бамбакерно,\nГо смолоса платно бамбакерно,\nИ је зави Русанта кралица,\nЈе закопа в земја до колена,\nЈе смалоса нејѕе руса коса,\nЈе запали нејѕе руса коса.\nГорит коса дур' до црни очи;\nГовореше Русанта кралица:\n„А егиди Краљу господине!\nПрости мене големи кабает,\nНе гори ми мое бело лице,\nШто си го често ти целуваше!”\n„Тука гори, тука да изгориш,\nАко немаш жаљба за детенце!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%99_%D0%B8_%D0%A0%D1%83%D1%81%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 259, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4286", "title": "Зборник на Миладиновци/ Митре и чума", "text": "Посвршил се Митре добар јунак,\nСе посвршил неста от далеку,\nКолку прстен ми е прстенвало,\nСи отиде во града Стамбола,\nТри години тамо си седело,\nСи спечали три тоари благо,\nСи киниса дома да си идет.\nКонак стори во пустоно Скопје;\nМи преспало, на утро ми стана,\nИ си зеде до четири коњи,\nСи отиде вода да напиет.\nНа бела чешма вода и напило,\nТамо најде една стара баба,\nИ је рече Митре добар јунак:\n„А егиди баба, стара баба!\nШто ќa бидит ова чудно чудо,\nСкопје град ја сум нокевало,\nС'де слушам петли к'де пејет,\nПетли пејет и кучина лајет,\nЉуѓе нигде, бабо, не сум видел.”\nТога вели она стара баба:\nАјти Митре, ајти синко миле!\nЈас не сум си, синко, стара баба,\nТук сум си, синко, црна чума!\nСите љуѓе, синко, избегале.”\nТога велит Митре добар јунак:\n„Жити бога, бабо, жити душа,\nПогљај го, бабо, пусти дефтер,\nАљ сум и ја на дефтер писано!”\nГо поглеа баба пусти дефтер\nГо погледа и на час му рече!\n„И ти, синко, овде си написан,\nЖивот немаш, синко, баре три дни,\nВ еден ден, синко, ке загиниш.”\nТога је се Митре милно молит;\n„Ти се мољам, бабо, жити бога!\nТри дни теир, бабо, да ми сториш,\nДур' да појдам при моја нееста;\nОту имат токму три години,\nКако сум ја, бабо, посвршило,\nБаре с очи не сум ја видело.”\nТа му рече „ајде, синко, одај!”\nСи тоари три тоари азно,\nСи отиде при млада нееста,\nИ је клукна на нејѕини порти:\n„А излези, моме Ангелино!\nЕднош со очи да си се видиме,\nОти сега ја ке си загина!”\nМи излезе кутра Ангелина,\nИ се спушти р'ка му целива;\nЕден тоар азно је остаи.\nСи отиде при негоа мајка,\nИ си викна Митре добар јунак:\n„А излези, моја стара мајкод\nКолку да се мие отпростиме,\nОти сега ја ке ти загинам!”\nМу излезе негоа стара мајка,\nИзлегое негој мили браќа,\nРастварие два тоара азно;\nКолку мајка сина прегушнала,\nПрегушнала и го целивала,\nНа час Митре тога душа даде.\nМила мајка коса си искина,\nМила сестра како пиле пиштит,\nМили браќа глаи си кршеет\nОт жаљање за Митрета малечек.\nГо држае три дни незакопан,\nНа четврти унер ми сторие,\nМу собрае попој и владици\nСо голема чес го закопае.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%B8_%D1%87%D1%83%D0%BC%D0%B0", "word_count": 379, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4293", "title": "Зборник на Миладиновци/ Иво кључарџија и Асан ага", "text": "Што ми цвилит во темна з'ндана?\nАљ је змиа, али самовила?\nДа је змиа пот камен би била,\nСамовила во гора би била;\nТуку ми је момче Асан-ага,\nИ ми цвилит и се милно молит:\n„А егиди, Иво кључарџиа,\nПодади ми дивит и калема,\nИ подај ми едно парче книга,\nДа напишам таја бела книга,\nДа је пуштам својѕе стара мајке,\nВо з'ндана коски ке остаам.”\nСе измами Иво кључарџиа,\nМу подаде дивит и калема,\nМу подаде едно парче книга.\nНе је пушти своиѕе стара мајке,\nТук је пушти своиму побратиму:\n„Хај егиди Имере бербере!\nДа ме бараш во темна з'ндана,\nОт во з'ндан коски ке остаам,\nДа собериш триесет момчина,\nКој не пијет вино и ракиа,\nКој ми немат ни татко, ни мајка,\nКој не знаит, како болит рана;\nДа ми ходиш Пелистер планина,\nДа ми ходиш на вода цветена.\nТамо ми је Ивоата сестра,\nСо неа се триесет девојки;\nПет је држат поље от кафтани,\nИ је држат свилени р'каи,\nДа је фатиш и да је пограбиш.”\nШто је велит црноока мајка:\n„А егиди Ружице девојко!\nНошеска сум ја лош сон видело,\nЦрно грозје во пазуи најдоф.”\nУште зборот не ми го дорече,\nМи је фати Имер берберчето.\nКог дочуло Иво кључарџиа,\nИ му пушти Имеру берберу:\n„Пушти ми ја моја мила сестра,\nДавам хазно кулику ти драго,\nТук пушти ми моја мила сестра!”\n„А егиди Иво кључарџиа!\nХазна имам поике от тебе,\nПушти ми го дете Асан-ага,\nДа ти пуштам твоја мила сестра.”\nТој го пушти дете Асан ага,\nТој је пушти неговата сестра.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%98%D0%B2%D0%BE_%D0%BA%D1%99%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%80%D1%9F%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D0%90%D1%81%D0%B0%D0%BD_%D0%B0%D0%B3%D0%B0", "word_count": 264, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4294", "title": "Зборник на Миладиновци/ 189 песна", "text": "„Учи ме, мајко карај ме,\nКако Бојана да земам?”\n„Учам те, сине, карам те,\nКако Бојана да земиш,\nОткупи си чивт волови,\nИзорај бахча стрет село,\nИзвади вода студена,\nНасади ружа црвена,\nЗагради црква Арангел,\nИ от навол ти умри си;\nСите девојки ке дојдет,\nЦрква Арангел да видет,\nВодица да си залеет,\nРужица да си соберет,\nТогај Бојна ке доит.”\nИзора бахча стрет село,\nИзваде вода студена,\nНасади ружа црвена,\nЗагради црква Арангел,\nОт навол Стојан си умрел,\nСите ми моми дојдоа,\nБела Бојана не дојде.\nБојана итра, преитра,\nСама Бојана не појде,\nТуку ја пушти снаха си,\nВодица да си залеит,\nРужица да си соберит.\nМајка му си го т'жеше:\n„Стојане, синко рогене!\nСите девојки дојдоа,\nБела Бојана не дојде,\nНа умор пизма држала.”\nИ си отиде снаа је,\nИ је кажует Бојане:\n„Сестрица, мила Бојана,\nВистина Стојан умрело.\nМајка му си го т'жеше,\nСтојане, синко рогене,\nСите девојки дојдоа,\nБела Бојана не дојде,\nНа умор пизма држала.”\nИ се измами Бојана:\n„Невесто, млада невесто!\nАј усучи ми свештици,\nЛели вистина умрело.”\nИ је усука свештици,\nТа си отиде Бојана,\nСи собра цвеке ружица,\nСи влезе в црква Арангел,\nЗа да запалит свештица.\nКога в Арангел ми влезе,\nСтојану мајке говорит:\n„Не бој се, стрино, не плачи,\nНе ти је Стојан умрело!\nНоѕете му се на потскок,\nР`цете му се на преграп,\nОчите му се на поглед.\nПрибрала се до јунака,\nЈа претрабило Бојана;\n3атвори црква Арангел,\nИ си ја венча Бојана.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_189_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 247, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4289", "title": "Зборник на Миладиновци/ Митре и сестра Ангелина", "text": "Седнал Митре с мајка да вечерат,\nВечерает лакардии чинет:\n„Ајти мајка, ајти мила мајка!\nКак си немаф една мила брате,\nАли брате, али мила сестра?”\n„Ајти Митре, ајти синко мили!\nАли знаиш, синко, аљ паметвиш,\nКога беше, синко, плен по земи,\nТи имаше една мила сестра,\nМила сестра моме Ангелина,\nТи ја плена Дервиш-бег Војвода.”\n„Ајти мајка, ајти мила мајка!\nНе кажви ми кој ми ја попленал,\nТук кажи ми кун к'де отиде.”\n„Ајти Митре, ајти синко мили!\nТој отиде преку црно море.”\n„Ајти мајка, ајти мила мајка!\nАј меси ми пребела погача,\nНап'лни ми две здравици вино,\nЈас ке одам сестра да ја канам,\nДа ја канам сестра на првиче,\nБељки ке се писма заборает.”\nИ си стана негва стара мајка,\nМу умеси пребела погача,\nМу нап'лна две здравици вино.\nИ си јавна своја брза коња,\nСи се фрли в она црно море.\nПрви петли кога пропеае,\nМитре беше стреде црно море,\nКога ми се зора обзорило,\nСи излезе на крај на краиште.\nТамо најде три млади робини,\nИ им велит Митре добар јунак:\n„А егиди три млади робини:\n„К'де седит Дервиш-бег Војвода?”\nТога велет три млади робини:\n„Ајти тебе незнаена дељо!\nСами му се куки познавает,\nПусти порти му се челикои,\nНа бедени глаи наредени,”\nСи отиде Митре дури тамо,\nЕднош кљуквит, а два п'ти виквит:\n„А излези моја мила сестра,\nОт' сум дошол, сестра, да те канам,\nДа те канам, сестра, на првиче!”\nТога велит негва мила сестра:\n,,Не је кабиљ, брате, да ме каниш,\nТук ајде да се издумаме,\nДур не дошол Дервиш-бег Војвода,\nТој је сега в гори на лоење.”\nСи отидвe на диван високи,\nСи ставие манџи господарски,\nИзваие и бела погача.\nТога велит сестра Ангелина:\n„Ајде брате, сега да поспиеш,\nЈас ке сторам голема чудеса.”\nИ си легна Митре да поспиет;\nИ си стана сестра Ангелина,\nМу фрлила дробнаго синџира,\nСи умеси пребела погача,\nСи ја меси се от баљваица.\nИ си дојде Дервиш-бег Војвода;\nТога велит млада Анreлина:\n„Добро дојде Дервиш-бег Војвода!\nЕво имат три дни и три нока,\nК'де шеташ низ гора зелена,\nНишто лов ти не си улоило;\nА ја седам на диван високи,\nГолем лов ј а сум ти улоила,\nМоего брата, твоет душмана,\nИ го кладоф во дробна синџира.”\nТога рече Дервиш-бег Војвода:\n„А егиди убава неесто!\nАј стави ми малу да ручаме!”\nМу је стави белана погача,\nШто ми беше се от баљваица,\nИ му тури вино тригодишно,\nИ во вино биљки чемерлики.\nСе наруча Дервиш-бег Војвода,\nИ си легна малу да поспиет,\nИ си стана млада Ангелина,\nМу нарани негва брза коња,\nМу нарани сено чемерлио,\nСи откључи шарена ковчега,\nИ си собра малу многу азно;\nИ си дојде при милото брате,\nМу изваде дробнана синџира,\nИ му рече сестра Ангелина:\n„Стани, брате, сега да бегаме,\nАли сега, брате, аљ никога!\nИ си стана Митре добар јунак,\nИ си зеде до два добри коња,\nСи побегна преку црно море,\nСи најдое нивна стара мајка,\nКак и виде нивна стара мајка,\nКак и виде, начас душа даде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 513, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4292", "title": "Зборник на Миладиновци/ Емин Никола, Рајко Бошкоиќ и Рајковица", "text": "Што је пљускот во гора зелена?\nАли ми је змија присојница?\nАли ми је оган изгорило?\nАли ми је вода понесело?\nНе ми било змиа присојница,\nНито оган ми ја изгорило,\nНито вода ми ја понесело.\nБог го убил Емина Никола!\nШто го фати Рајка Бошкоиќа,\nШто го фрли во темна з'ндана!\nНе је з'ндан пусто како з'ндан ,\nВода имат дури до колена.\nПиштит Рајко како љута змиа;\nВ р'ка држит пиле соколоо,\nИ говорит Рајко Бошкоиќа:\n„А егиди млади з'нданџиа!\nОпитај го Емина Никола,\nШто ме држит во темна з'ндана?\nНека сакат тој што ке ми сакат;\nНе је з'ндан пусти, како з'ндан,\nВода имат дури до колена.”\nИ отиде млади з'нданџиа,\nИ отиде н' Емине Никола!\n„А егиди Емине Никола!\nШто го држиш Рајка Бошкоиќа,\nШто го држиш во темна з'ндана?\nСакај нему што ке да му сакаш!”\n„А егиди млади з'нданџиа!\nЈа му сака до три добра благи:\nПрво добра коња певлиана,\nВторо добра сабја навалица,\nTpeќo добра прелепа невеста.”\nИ си појде млади з'нданџиа\nИ му кажвит Рајкое Бошкоиќе:\n„А егиди Рајко Бошкоиќе:\nШто ти сакат до три добра благи,\nПрво добра коња певлиана,\nВторо добра сабја навалица,\nTpeko добра прелепа невеста.”\nИ говорит Рајко Бошкоиќа:\n„А егиди млади з'нданџиа!\nДонеси ми калем и дивита,\nДонеси ми едно п'рче книга,\nДа је пишам на прелепа невеста;\nСама в дворје таа да му дојдит.”\nМу донесе калем и дивита,\nМу донесе едно парче книга\nИ написа на негоа нееста:\n„А егиди ти млада невесто!\nТи ме знаиш на војска цареа,\nА јас не сум на војска цареа\nБог го убил Емина Никола!\nШто ме фрли во темна з'ндана,\nД' имат з' ошто, ни за ошто било,\nШто ми сакат коња певлиана,\nИ ми сакат сабја навалица,\nУште сакат прелепа невеста.\nТи да зеиш коња певлиана,\nТи да зеиш сабја навалица.\nСама с тие во дворје да дојдиш,\nДа ме пуштиш от темна з'ндана.”\nКнига пушти по пиле соколоо\nЈа однесе младе Рајкоице.\nКолку книга таа поглеала\nВчас на нога таа се фрлила,\nИ си влезе в темни конушници,\nСи изваи коња певлиана,\nЈа однесе у Муса налбатин\nДа укоит кoњa певлиана;\nПа се врати во рамни дворои,\nСи откључи земните керали,\nСи откључи шарени ковчеѕи,\nСи изваи рубо делибашко,\nСе промени млада Рајкоица,\nМи се стори царев делибаша,\nИ си кладе самура калпака,\nИ пот него собра руса коса,\nИ си јавна коња певлиана,\nИ си зеде сабја навалица,\nСи отиде н' Еминои порти.\nЕднош кљуквит, а два п'ти виквит:\n„Ја излези Емине Никола!\nЦар ме пушти за да ми отпуштиш\nДа отпуштиш Рајка Бошкоиќа.\nШто го држиш во темни з'ндани?”\nУште речта не ми ја дорече,\nИ го пупгги от темни з'ндани,\nИ го пушти Рајка Бошкоиќа.\n„Ај ќ ојме више во Стамбола,\nСо се Рајка и со си Никола!”\nГовореше Емина Никола:\n„А егиди царев делибаша!\nНе носиме више во Стамбола,\nСакај мене ти што да ми сакаш!\nЈас ти давам хиљада дукади.”\nГовореше царев делибаша:\n„А егиди Емина Никола!\nЦар ми даат колку да си сака,\nТуку ојме више во Стамбола?”\nКинисале дури до полп'ти,\nИ си сегна во бела пазуа,\nСи изваи сабја навалица.\n„А егиди царев делибаша!\nЕто пуштиф Рајка Бошкоиќа,\nНе губи ме, ни носи ме в Стамбол!”\nИ та истај сабја навалица,\nМу пресече р'це до рамена,\nМу одврти нодзе до колена,\nМу одврти очи от глобои,\nИ го кладе н' една раскрсница,\nИ го дарва два ж'лта дукада.\n„Так да зниш, Емина Никола,\nЈаска не сум царев делибаша,\nТуку ја сум млада Рајкоица !”\nСе поврати му пособра стока,\nСи го зеде Рајка пред себе си,\nИ си ојде на рамни двореи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%95%D0%BC%D0%B8%D0%BD_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%2C_%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%91%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%BE%D0%B8%D1%9C_%D0%B8_%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 624, "cyrillic": 0.998}
{"id": "4295", "title": "Зборник на Миладиновци/ 188 песна", "text": "Војник јунак мома сака,\nМома сака, мома брка,\nМома не го аресува,\nАреса го Граждоменка\nГраждоменка вражка керка,\nПушти стројници за неја,\nСтројници се назад врнаха,\nНе га дават нејна мајко,\nНеј ни теј ко, неј ни братј е.\nЧудо стое војник јунак\nЧудо стое, да се чуде,\nКак да чине, што да чине.\nНаправи шарена чешма,\nДур шарена, дур писана,\nВодата как лед студена,\nСвет се бере, чешма гледе,\nЧешма гледе, вода лие,\nГраждоменка не ја пуштат,\nНејни тејко, нејна мајка,\nНејна мајко, нејна братје.\nТа и вељат и говорат:\n„Седи, сестро, ним си ходи,\nТеб те л'жи војник јунак,\nТебе л'жк ке т' изл'же.”\nЧудо стое војник јунак,\nЧудо стое, та се чуди,\nКак да чине, что да чине\nАа изла`же Граждоменка\nзафати црква сред село\nГа направи, га испиша\nСветците дури зборуват\nСвет се бере, да ја гледа,\nТа и малко, и големо,\nТа и Турци и кауре;\nГраждоменка не ја пуштат\nНејна мајко и два братја;\nОни вељат и говорат:\n„Седи, сесгро, нем си ходи,\nТебе л'жи војник јунак,\nСака тебе да т' изл'же.”\nЧудо стое војник јунак,\nКак да чине, што да праве,\nКак д' изл'же Граждоменка.\nТогѕј веле на сестри му:\n„Варај сестри, мила сестри!\nКе се чинам жив мртовец,\nПокриете ме с тенко платно,\nНаредите дребни китки,\nПа викните, пропеите,\nНел к' изл'жам Граждоменка\nПа си легнал војник јунак,\nПа легна војник се спростре,\nСе чини жив мртовец.\nГо покриха .с тенко платно,\nНаредиха дробно цвеке,\nСи викнаха да си плачат.\nРасчуха малко големо,\nСите одат да го гледат.\nТогај веле Граждоменко:\n„Варај мале, мила мале!\nДа си појдам, да си видам,\nВојник јунак моного троши\nМного троши тој за мене,\nДве задужбини направи.”\nТогај веле нејна мајка:\n,,Моја керко Граждоменко!\nНаправи зелена китка,\nОту да му ја закачиш\nДа закачиш, да го видиш.”\nГраждоменко ја послуша.\nСе промени, се накити,\nНаправи зелена китка,\nЈа накити, ја шикоса,\nТа си појде в војник јунак.\nСе наведе китка да закаче;\nКа ја виде војник јунак,\nР'ка пушти, ја закачи;\nСе заљубиха, се венчаха,", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_188_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 348, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4298", "title": "Зборник на Миладиновци/ Каравидо, невеста Кара Воја, сестра Ангелина и Турци", "text": "Раскара се Каравидо\nСа нееста Карабоја,\nОт ден до ден за недеља,\nШто се карал Каравидо,\nРаскарал се Каравидо\nСо сестра си Ангелина,\nШто се карал Каравидо\nОт ноќ до ноќ две недели.\nВеке му се здодеало;\nСтана Видо си отбегна\nСи отбегна Турско село,\nСи се глави турски момок\nТурски момок коњски сеиз.\nВезден дење коњи пасит,\nА на вечер служба служит.\nВеке му се здодеало;\nСтана Видо си отбегна\nСи отбегна дури дома\nПри нееста Карабоја,\nПри сестра си Ангелина.\nТук се чудит Ангелина,\nК'де брата да си скриет,\nОт ке дојдет силни Турци,\nВида да го побарает,\nУште не се раздумала,\nНачас Турци ми фтасаа,\nКога надвор ми излезе,\nШто да видит вељо чудо!\nСело Турци с' исп'лнало,\nГо барает Каравидо.\nСекоја кука и бајрака,\nНа нивната два бајрака.\nТога велит Ангелина:\n„Леле, леле мило брате!\nК'де брате, да те скриам,\nСело от Турци с' исп'лнало!”\nОткључила шарен ковчег,\nИсфрлила дароите,\nСи го скрила мило брате;\nСи суплете руса коса,\nСи уплете кључеите.\nГолем потрес им дадое,\nНигде Вида не најдое.\nЈе стегнее Карабоја: -\n„Кажи, кажи Карабоја,\nК'де ти је Каравидо?\nГлаа ке ти пресечиме,\nАк' не кажиш Каравидо.”\nКарабоја се уплаши\nИ им рече „ја го незнам\nФатете ја Ангелина,\nТаја знаит да ви кажиш,\nК'де ми је Каравидо.”\nЈе фатие Ангелина,\nГлаата је пресекоа,\nИ пак брата не го каза,\nОт ми беше в шарен кофчег.\nКога коса је видое\nКључеите заплетени,\nК'де било закључено.\nИ зедое кључеите,\nКаравида го најдое,\nГо најдое, г' извадие,\nИ пак него г' аризае,\n3ашт му сестра загубие.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%BE%2C_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%B0%2C_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8", "word_count": 266, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4290", "title": "Зборник на Миладиновци/ Султан Селим и Салакин Тодор", "text": "Книга пишет цара Султан Селим;\nАли пишит кому ке ја пратит?\nКе ја пратит Салаким Тодору,\nШто му сакат до четири добра\nПрво добра убаа нееста,\nВторо добра крстетна бајрака,\nТреќо добра негва брза коња,\nА четворто село Калофео. -\nКнига пеит Салаким Тодора,\nКнига пеит, градум с'лѕи ронит.\nГо догледа млада Тодорица,\nИ му рече млада Тодорица:\n„А Тодоре мои господине!\nШто те тебе нужба дотерало,\nКнига пеиш, градум с'лѕи рониш?\nТога велит Салаким Тодора:\n„А егиди убаа неесто,\nДа ти кажам, та што ке ми чиниш?”\nИ му рече млада Тодорица:\n„Ако немам ја што да ти чинам,\nКако жаљаш, и јас да си жаљам.”\nИ је кажвит Салаким Тодора,\nШто допуштил цара Султан Селим,\nШто ми сакат до четири добра:\nПрво добро убаа нееста,\nВторо добро крстетна бајрака,\nТреко добро моја брза коња,\nА четврто село Калофео.\nСити добро ја да и прежаљам,\nАма тебе како да прежаљам!”\nИ му рече млада Тодорица:\n„А Тодоре, мое господине!\nТоа гајле ич да го не бериш;\nТук прати му една бела книга,\nБела книга црно написана:\nА егиди цара Султан Селим!\nТи ми сакаш до четири добро,\nНе ти даам четири камења.”\nКако ука што го научила,\nТака си ја нееста почуло;\nИ му прати назот бела книга.\nКога царот книга ми отпеа,\nТогај ми се мошне наљутило,\nИ ми пушти Турци Јаничари;\nИскопае л'гами пот земи,\nМи појдое во земни керали,\nДа украдет млада Тодорица.\nТодор седнал на диван високи,\nДа си ручат ручег господарски\nСо негоа мила стара мајка,\nИ си држит нивно м'шко дете.\nИ си зеде млада Тодорица,\nДа наточит вино тригодишно.\nКога виде чудо и големо!\nВо керали Турци Јаничари,\nИ сакает Турци да ј а грабат,\nИ им рече млада Тодорица;\n,,А егиди Турци Јаничари!\nАљ сте умни, aли сте будали?\nВие мене што ме задирате?\nДа не сум си млада Тодорица,\nТук сум си црна робинчица;\nТодорица на диван си седит.\nКажете ми з'ошто ја барате,\nТодорица ја да ја измамам,\nЈас овдека да ви ја донесам.”\nИ је велет Турци Јаничари:\n,,Не допуштил цар Султан Селим,\nДа грабиме млада Тодорица,\nИ при цара да ја отнесиме.”\nЈа пуштие млада Тодорица;\nСи отиде на диван високи;\nСи седнае и се наручае;\nТога велит млада Тодорица:\n„А Тодоре мое господине!\nРучек ручам манџи господарски,\nА во срце древја и камења!\nШто ми дошло чудо и големо!\nВо керали Турци Јаничари;\nШто допуштил цара Султан Селим,\nИ допуштил мене да грабеет.\nКога слегоф вина да наточам,\nТога најдоф Турци Јаничари,\nИм се казаф црна робинчица,\nИ от р'це ја от ним избегоф.\nСега ние како ке праиме?”\nТога влеит Салаким Тодора:\n„А егиди убаа неесто!\nТоа гајле ти да го не бериш,\nЛели дошле скришем во керали;\nТи да седиш на диван високи,\nДа си држиш наше м'шко дете.”\nИ си стана на нога јуначка,\nИ си зеде своја брза коња,\nИ си зеде ж'лта боздогана,\nИ си зеде своја остра сабја,\nИ си зеде крстетна бајрака,\nИ је рече н' убаа нееста:\n„Ти да пулиш крететна барјака,\nДури стоит гајле да не бериш;\nАко паднет крстетна барјака,\nТога порти сама да отвориш;\nКога влезе во земни керали,\nЕдни Турци со сабја исече,\nДруги Турци со коња изгази,\nСи направи крви до колена,\nСи навали крстетна барјака,\nВо крвите коња му пропадна.\nТога писна млада Тодорица,\nДа ми пиштит т'ги со гласои;\nЈе се стори оти го загубиле.\nИ је викна Тодор од керали:\n„М'лчи, м'лчи, млада Тодорице,\nОти Турци не ме изагубие,\nСите Турци овде и посекоф.”\nИ си слезе млада Тодорица,\nШто да види чудо и големо!\nСите Турце н'тре посечени;\nСе качие на диван високи.\nМи дочула цара Султан Селим,\nСите Турци му и загубиле,\nНе му падна голема лутина,\nТук му даде голема пештеша,\nПештеш даде една брза коња,\nИ му даде една остра сабја.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D0%BD_%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BC_%D0%B8_%D0%A1%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BD_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80", "word_count": 646, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4296", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Бојана", "text": "Учи ме, мајко, карај ме,\nКак да Бојана пограбам?”\n„Учам те, синко, научам\nКак да Бојона пограбиш.\nНапраи црква срет село,\nСите девојки ке дојет,\nИ калешести невести\nИ црнооки вдоици,\nИ бела Боја ке доит,\nСи стана Стојан сиромаф,\nНапраи црква стрет село;\nСите девојки дојдое,\nИ калешести невести,\nИ црнооки вдоици,\nБела Бојана не дојде.\nСи стана Стојан сиромаф,\nОтиде дур при мајко си;\n„Учи ме мајко, карај ме,\nКак да Бојона пограбам?”\n„Стојане, синко рогене!\nНапрај чешма срет село,\nСите девојки ке дојет,\nИ калешести невести\nИ црнооки вдоици,\nИ бела Боја ке доит.”\nСи стана Стојан сиромаф,\nНапраи чешма срет село;\nСите девојки дојдое,\nИ калешегги невести\nИ црнооки вдоици,\nБела Бојана не дојде.”\nСи стана Стојан сиромаф,\nОтиде дур при мајко си:\n„Учи ме, мајко, карај ме,\nКак Бојана да пограбам?”\nУчам те, синко, научам,\nНапраи бафча стрет село,\nСите девојки ке дојет,\nИ калешести невести,\nИ црнооки вдоици,\nИ бела Боја ке доит.”\nСи стана Стојан сиромаф,\nНапраи бафча стрет село;\nСите девојки дојдое,\nИ калешести невести,\nИ црнооки девојки,\nБела Бојана не дојде.\nСи стана Стојан сиромаф,\nОтиде дур при мајко си;\n„Учи ме мајко, карај ме,\nКак да Бојана пограбам?”\n„Учам те, синко, научам,\nТи да си умриш от нафол,\nСите девојки ке дојет,\nИ калешести невести,\nИ црнооки вдоици,\nИ бела Боја ке дојдит.”\nУмрел си Стојан от нафол,\nДочуле сите девојки,\nИ калешести невести,\nИ црнооки вдоици,\nСите Стојана виделе,\nСите му пештеш отнесле;\nУште Бојана ја немат.\nБојана мајке је велит:\n„Мајко ле, мила мајко ле!\nОт тебе изан си сака,\nЈас да го видам Стојана,\nВеке ми Стојан умрело,\nКе појдам да го целивам,\nОт него да се опростам;\nСите другачки појдое,\nИ јас, мајчице, да одам.”\nМајко је изан је даде:\n„Ај одај бела Бојана!\nДа не се тамо забаиш.”\nМи стана бела Бојана,\nВлезе си в мала градина,\nСи набра киска босиљок,\nСекакво цвеке убоо,\nКолку во дворј е ми влезе,\nОт мајко изан пак земат:\n„Мајко ле, мила мајко ле!\nЈа сега таму ке одам,\nДа си го вида Стојана “\nКолку Бојано отиде,\nВо Стојанои дворои,\nПисна Бојано да плачит:\n,,Оф леле јунак, Стојане!\nДуша да немат мајкa ми,\nЗашто те зеде на душа,\nЗашто ми младо загина,\nДба не си се простифме!”\nОтиде дур при Стојана,\nМу кладе киска босилок,\nПрибра се да го целиват.\nСтојан ја фати за р'ка:\n„Добре ми дојде Бојано!\nКак се изл'жи мајко ти,\nКако тебе пуштила?\nКако ти тебе нар'ча?\nАрно те госпот донесе,\nСо тебе ке се кердоса.”\nПојдое попој да канет,\nСтојана да го закопвет.\nНе го Стојана закопвет,\nТук' го Стојана венчае.\nКога ми дочу мајко је,\nОт умот ке се расипит.\nТие се двата венчае.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%91%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 454, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4302", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јановица", "text": "Имала си Јановица\nДо два сина, два аршлана;\nДојде време, дојде кова\nДвата да си ги посврши;\nДа ги сврши от два града\nОт два града две невести.\nДојде време, дојде кова,\nСвадбата да им направи.\nСтари Јано си поканил\nСи поканил сто сватои,\nМеѓу нив за кума кладе\nТои Делибаша Марко,\nСтаро свата Волкашина,\nА девери две Грчина.\nДојде време, дојде кова,\nДа си одат по невеста.\nТамо адет си имале,\nЗето назат да се врати.\nСе вратиа зетовите\nВо таја гора зелена;\nПа ги најде Ангелина\nАнгелина Самовила,\nДвата веднаш ги пошмркна.\nСон сонила Јановица,\nК'д' летајат два г'лаба,\nПраво к'де неѓа идат.\nНе ми биле два г'лаба,\nТоку биле два абера,\nПогинале двата зета,\nДвата сина, два аршлана,\nГи поголтна Ангелина\nАнгелина Самовила.\nПа дојдоха сватовите\nБез невеста, без зетови.\nПа извикна Јановица;\n„О ти нумко, Дели Марко!\nКамо ти два крпггеника,\nДва јунака, мој синови?”\nИзговоре Дели Марко:\n„О ти, стара Јановице!\nТамо адет си имале,\nЗетовите да не идат,\nТоку назат да се вратат;\nЈас побарав зетовите,\nДа пољубат моја р'ка,\nЗетовите не ги најдок,\nГи поголтна Ангелина\nАнгелина Самовила.”\nПа извикна Јановица:\n„Волкашине старосвате!\nВарем ти си имапг памет,\nКако пушташ зетовите,\nД' одат во гора зелена,\nДа ги голтни Ангелина\nАнгелина Самовила!”\nКак Јановица врескала,\nТака си она треснала.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 221, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4301", "title": "Зборник на Миладиновци/ Митре и Петре", "text": "Два се брака дељба разделиле!\nНа ништо се брака не скарале,\nСе скарале на града Камнена;\nМитре велит, татко ми аризал,\nПетре велит, татко ми остаил,\nКако тебе татко, та и мене.\nИ си стана Митре поголеми,\nСи го зеде Петрета брака си,\nСи го фрли во темна з'ндана,\nСи го држа за девет години.\nБог је убил млада Митреица!\nЗашто беше умна и разумна,\nШто на брго си го погледвеше,\nК'та вечер што му је носеше?\nМу носеше п'една бела свешта,\nНа недеља по бела погача,\nНа недеља по бела промена,\nДури лежа во темна з'ндана,\nПетре лежит здраво го з'ндана,\nМитре лежит болен во одаа,\nМи лежеше до девет години.\nТога велит млада Митреица:\n„Ај ти Митре, мои господине!\nНе си болно боља от господа,\nТук си болно от твојте греои,\nШто ми стори на твоето брате,\nШто го држиш на темна з'ндана,\nКако тебе лељ и тој је брате,\nИ тој сака стока таткоина,\nШто не му даде стока таткоина,\nТук' го фрли во темна з'ндана?\nДур' н' излезит от темна з'ндана,\nДур' не даит тебе пропггениа,\nЗа теб' здравје нигдека ми немат.”\nТога велит Митре на нееста:\n„А неесто, умна и разумна!\nБог да прости к'де ми насмена,\nОти брата ми јас го забораиф,\nЈас не вервам брат ми да је живо,\nТуку на ти тебе кључеиве\nИ земи ја мој а мила сестра,\nОткључите темнана з'ндана,\nИзвадите коски братои ми,\nДонесите јас да и целивам,\nБелки госпот мене ке ме простит,\nИ душава да ми се отделит,\nОт сум сторил големи греои.”\nИ си зеде млада Митреица,\nИ си зеде кључеј от з'ндана,\nСи ја зеде Митреа мила сестра,\nОткључиа темната з'ндана,\nГ' извадие Петре добар јунак,\nГо измие и го променае,\nГо качие на диван визсоки.\nКога виде негоо мило брате,\nси стана на нога јуначка,\nС'та боља на час му оздраи\nСе гушнае и се избацие,\nПроцггение брака си сторие.\nМитре тога лепо говореше:\n„Ајти Петре, мое мило брате!\nЛељ те видоф ушт' еднош со очи,\nАјде сега, брате, ке те женам\nИ ушт' еднош кавга да немаме,\nИ ушт' еднош дељба да немаме!”\nПетре му се Митрету поклона.\nГо посврши и си го ожени,\nМу зедое убаа нееста,\nУшт' едношка не се раскарае,\nИ си дељба веке не сменаа\nДури живот тие си имае.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B5", "word_count": 395, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4300", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јанкула и Никола (2)", "text": "Два се брата дељба разделие!\nПомалиот Никола ми рече:\n„А Јанкула, мое мила брате!\nМие ке се делба разделиме,\nТи си имаш убаа нееста,\nТи си имаш лудо м'шко дете,\nТи остаам стока богатиа,\nТи остаам нивје и ливаѓе,\nТи остаам девет кули азно;\nЈас ти сакам девет тавли коња,\nЈас ти сакам два сиви сокола,\nДа си шетам низ гора зелена,\nДа си шетам по земја широка.”\nЈанкула му се срце не насити,\nС'та стока што му ј а огтаи,\nЖаљ му падна .с'де за коњите.\nси стана рано на утрина,\nДа си одит во гора зелена;\nСи и зеде два сиви сокола,\nЈе нар'ча на своја невеста:\n„А невесто, моја прва љубов!\nЈас ке одам во гора зелена,\nТи да зготвиш манџи господарски,\nДа го викниш мое мило брате,\nДа го служиш со љута ракиа,\nПо ракиа манџи господарски,\nA по манџи вино тригодишно,\nA по вино чаша со зеера,\nДа отруеш мое мило брате,\nС'та стока нам да ни останит.”\nТога зеде млада Јанкулица,\nСи наготви манџи господарски,\nСи го викна Никола на ручек,\nДа го служит со љута ракиа;\nму рече млада Јанкулица:\n„А Никола, мое мило брате,\nДа ти кажам голема унера,\nШто ми рекол твојот мили братец,\nТебе, брате, ја да те отрујам,\nА ја кабул тоа не го чина,\nДобар јунак ја да те загуба.”\nТога рече Нико добар јунак:\n„Кога така, моја мила снао,\nЛепо си се сега наручафме,\nЈас ке легна на диван да спиа,\nТи да седниш до мене да плачиш,\nДа покриеш мое бело лице,\nДа покриеш с платно бамбакерно,\nДа запалиш печестина свешти,\nДа растуриш своја руса коса,\nДа ме т'жиш т'ги со гласои.\nКог' ке дојдит мое мило брате,\nДа видиме, брате што ке сторит.”\nКако што ја ука научило,\nТака стори млада Јанкулица.\nЈанкула низ гора си шетат,\nНишто лов ми тои не улоја,\nСи доглед,а крстетна орела,\nИ си пушти еден сиви сокол,\nДа уборит крстетна орела.\nСиви сокол што ми отгоори:\n„А Јанкула, мое господине!\nПушти ми го и моето брате,\nОт не можам сам да го уборам”.\nИ го пушти и другиот сокол.\nТога рече кретатна орела:\n„Леле боже, леле мили боже!\nШто 'ва лошо мие што сторифме!\nДури бефме дв'а брака заедно,\nНишто лошо не не наожвеше,\nНикој нас не не уборвеше;\nВчера си се брака од.елифме,\nВчера брата со стрела г' опрее,\nА денеска мене со соколи,\nКе ме зеет и ке ме загубет.”\nТога си се Јанкула подума,\nШто нар'ча на своја нееста,\nДа отрует негво мило брате:\n,,Овие се пилина во гора,\nИ пак си се брака поборае,\nЈа сиромаф како ке живеам!\nНалет да је с'та моја стока,\nКог' ке немам мое мило брате!”\nСи разљути своја брза коња,\nСи отиде дома со трчање.\nШто да видит чудо и големо!\nЈанкулица на диван седнала,\nСи го т'жит Нико мило брате.\nСи зеде Јанкула остра сабја,\nСамо себе да си се загубит.\nБог је убил млада Јанкулица,\nШто ми зеде штица челикоа,\nНa штица си сабја му пречека,\nСамо себе не си се загуби.\nИ му рече млада Јанкулица:\n„Не губи се, Јанко господине,\nШто ми рече ти ја не си сториф,\nТвое брате сон ми је заспало.”\nИ си појде на диван при брате:\n„Стана, стани, мое мило брате,\nЈас ти сториф, а ти да ме простиш!\nОба си се брака избацие.\nИ му рече Јанкула Николу:\n„Ајде сега, мое мило брате,\nТокму стока мие да делиме!”\nА Никола тога што му рече:\n„Брате стока да си не делиме,\nТуку ајдл брака да бидиме,\nДа седиме как што сме седеле.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B8_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%282%29", "word_count": 605, "cyrillic": 0.997}
{"id": "4334", "title": "Зборник на Миладиновци/ Севда и Пејко", "text": "Севдо, Севдо, Севделино,\nГиди росна детелино!\nСевдин тејко овчар главил,\nОвчар главил левен Пејка,\nДа ви пасе сиво стадо.\nСевда мома ми си љуби\nМи си љуби левент Пејка.\nЈа разбраха сељаните,\nТа фатиха да се смеат.\nКа си дочу Севдин тејко,\nТа си собрал сељането,\nТа им веле, и говоре:\n„Еј сељани, мили брака!\nСакам право да кажете,\nШто чинува Севда мома?”\nТогај вељат сељанете:\n„Коџобаши Севдин тејко,\nШто не питаш да кажиме?\nНакара ја Севда мома,\nДа направи зелен зелник\nЗелен зелник копривалник,\nДа направи мали ручок,\nДа го дигне на главата,\nДа го носе на левен Пејка;\nПа кинисај ти по неја,\nДа ја неја ти преглеждаш,\nС твоите очи да веруваш?”\nПа си стана Севдин тејко,\nПа си појде дури дома,\nТа накара Севда мома,\nДа набере росно зеље,\nДа направи мали ручок,\nМали ручок лепи зелник,\nПа си ст'ана Севда мома,\nНе ми набра росно зеље;\nСе засука, се запрегна,\nНел' измеси чисто тесто,\nИ засука зелен зелник,\nГо испече го изврза,\nТа го дигна на главата,\nКе го носе на левен Пејка,\nТргна кротко на големо,\nКе си носи мали ручек.\nПо неја ј е Севдин тејко,\nКинисал да ја преглежда;\nНа Севда не и текнува,\nНа назади да погледне,\nОти неја ја преглеждат.\nНел догледа левент Пејко,\nТа искара шарен кавал,\nШарен кафал, пишан свирол,\nПа си фати да си свире,\nДури свире, дур' кажува,\nНа Севда веле, говоре:\n„Оти Севдо, не погледна\nНе погледна на назади,\nОти тебе те поглеждат.\nКа си дојдиш в чаирето,\nДа си свалиш мали ручок,\nНа бел камен да г' оставиш.”\nКа си дочу Севда мома\nКа си дочу шарен кавал,\nНели она си разбрала,\nНели дојде на чаире\nВо чаире на бел камен,\nТам остави мали ручок,\nИ надзади се поврна.\nКа ј а виде неј ни теј ко,\nОн назади се поврна,\nСељаните не верува.\nКога било замркнало,\nНел' дојдеа арамите\nТа фатиха левент Пејка,\nКантил кучка отепаа,\nКараманот го заклаа,\nКарабашот приплашиа,\nТа фатиха левент Пејка,\nМу врзаха бели р'це,\nТа фатиха да си вртат\nДа си вртат сиво ггадо.\nСтадо вртат, стадо блее,\nНинак нема да киниса.\nТогај веле левент Пејка:\n„Арамии, мили брака!\nПуштите ми бела р'ка,\nПодајте ми шарен кавал,\nДа засвирам на сиво стадо,\nБелки стадо ке киниса.”\nС' изл'жаха арамите,\nМу дадоха шарен кавал;\nДа засвире левент Пејка,\nДури свире, дур' зборува,\nНа Севда мома говоре:\n„Севда, Севда, Севдерино,\nГиди росно детелино!\nАко спиеш разбуди се,\nАко сониш разсони се,\nАко седиш заслушај се,\nШто ти веле шарен кавал; -\nМе фатиха арамите,\nКандил кучка отепаха,\nКараманот го заклаха,\nКарабашот приплашиха;\nБели р'це ми врзаха.\nШто чини да чини теј ко ти,\nДа соберит сељаните,\nДа не стадо ке откинит.”\nКа си дочу Севда мома,\nКа си доАгу, ка си разбра,\nТогај веле на тејка си:\n„Што си седиш, мили тејка!\nСтан' собери сељаните,\nДа потераш арамите,\nОти стадо ти плениха.”\nНели стана Севдин тејка,\nТа си собра сељаните,\nТа појдоха потерџии,\nПристигнаха сиво стадо,\nРазбегнаха арамите.\nСе врнало сиво стадо,\nВрна се и левент Пејка.\nТогај веле Севдин тејка:\n„Еј сељани, мили браkа!\nКој ке се јунак отбери\nДа оде да нар'ча,\nДа нар'ча на Севда мома,\nДа измеси до три фурни,\nДо три фурни бел пексимит,\nДа заколе до три јунци,\nДо три јунци непрегнати.”\nKa cи дочу левент Пејка,\nТа искара шарен кавал,\nДури шарен, дури пишен,\nТа засвире т'жно, жално,\nПа кажува на Севда мома\nШто нар'ча Севдин тејка.\nКа си дочу Севда мома,\nСето Севда си разбрала;\nИзмесила до три фурни\nДо три фурни бел пексимит,\nПа заклала до три јунци\nДо три јунци непрегнати.\nКа дојдеа сељаните,\nСе готово си најдеа.\nСевдин тејка заверува,\nОти Севда ми си љубе,\nМи си љубе левент Пејка;\nИ па за него ја даде.\nСе љубиха, се зедоха\nСе зедоха, се венчаха.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 643, "cyrillic": 0.998}
{"id": "4299", "title": "Зборник на Миладиновци/ Рабдула и Мирче", "text": "Раскарал се Мирче и Рабдула,\nНа онаа земја Мисерлиа,\nНа онаа земја Каменица,\nКаменица коњо потковница.\nСе наљути Рабдул бег Војвода,\nТа го фрли Мирчета в з'ндана.\nМирче лежал до девет години,\nМу порастла коса до појаса,\nА клепките криља ластоички.\nРабдулица умна и разумна,\nГолем таја измет му чинеше,\nК'та дена по бела погача,\nА навечер п' една бела свешта,\nНа недеља по бела промена.\nБог го убил краља Латинина!\nШто му пушти една бела книга\nБела книга, црна написана:\n„Како знаиш Рабдул бег Војвода,\nКако знаиш вамо да ми дојдиш,\nДа ми венчаш убаа нееста,\nДа ми крстиш лудо м'шко дете.”\nКнига пеит Рабдул бег Војвода\nКнига пеит, дробни с'лѕи ронит,\nКој ми пошол при краљ Латинина,\nНикој назот не ми се повратил.\nФрли книга по диван високи,\nР'це кршит от бели колена,\nС'лѕи ронит по бели образи,\nОт образи по бели скутеи,\nОт скутеи по диван високи,\nДури ми го диван заваддгло.\nГо догледа убаа нееста:\n„А егиди Рабдул бег Војвода!\nШто те тебе нужба дотерало,\nР'це кршиш аг бели колена,\nС'лѕи рониш по бели образи,\nДури ми го диван завадило?”\n„А егиди убаа нееста!\nКако р'це ја да не си кршам?\nГорки с'лѕи как да не туривам?\nБог го убил краља Латигпгна!\nШто ми пуштил една бела книга\nДа ме канит чесна кумашина,\nДа му венчам убаа нееста,\nДа му крстам лудо м'шко дете.\nАк' не појдам ваму ке ми доит,\nКе ми пленит стока богатиа,\nКе те пленит за млада робина;\nБог го убил, бог да го убиет!\nТам ке појда, назот не се врашта.”\nИ говорит убаа нееста:\n„Господине, Рабдул бег Војвода!\nДа ти беше Мирче помалечек,\nКако јунак, так и умен беше,\nТи го фрли во темна з'ндана;\nАј викни му д' излезит от неа,\nБаре ука де ми те научит.”\nговорит Рабдул бег Војвода:\n„А нееста, мое добро милo!\nОт Мирчета коски н' останале;\nЕо имат за девет години\nВ з'ндан јас сум си го забораил.”\nОдај викај по темни з'ндани!”\nРабдул викат по темни з'ндани:\n„Аљ си живо, али си умрено?\nОти сум те забораил в з'ндан;\nСег' излези от темна з'ндана,\nАли сега, аљ никога, Митре!”\nА от натре братец негов Митре\nБаре очи не му опуљвеше,\nНи со уста му се одгорвеше.\nМи се врати Рабдул со плачење.\nИ ми појде убаа нееста:\n„Ајти Мирче, мое брате мило!\nДа излезиш аг темна з'ндана,\nЖити измет што сум ти чинела\nСум чинела за девет години,\nК'та дена по бела погача,\nнавечер п' една бела свешта,\nВо недеља по бела промена!”\nГовореше Мирче помалечек:\n„А неесто, моја мила снао!\nНе сум чоек за надвор д' излезем;\nКоса имам дури до појаса,\nА клепала криља ластоички.”\nГовореше Рабдул бег Војвода:\n„А излези, брате помалечек,\nКе ти клаам три млади бербери,\nКе ти сечам коса до појаса;\nКе ни поит стока богатиа!”\nИ излезе Мирче помалечек,\nИ му кладе три млади бербери,\nМу избричи коса до појаса,\nМу потсече клепки ластоички.\nИ говорит Мирче помалечек;\n„Аљ ми стоит пиле соколоо?”\nУште пиле не ми насменало,\nНа час пиле в скут му делетало.\n„Ај дајте ми книга и дивита.”\nМу дадое книга и дивита.\nСи написа на своите другари;\nПрви беше Плетикоса Павле,\nА по нето Груица Детенце,\nА по нето Секула лудечек,\nА по нето Ѓуро пиjаница\n„Како занјте в дворје да се најте\nОти дојде Мирче помалечек,\nДуша берит и ке да си умрит.”\nИ отиде пиле соколоо;\nКак им каза, така коњи јавнее,\nПрет пиле се во дворје најдое.\nЈале, пиле три дни и три ноке.\nИ говорит Мирче помалечек:\n„Ај ви вие верни побратими!\nЖиви братство што сме го имале,\nКе ве пушта с мое мило брате,\nКе ве пушта у краља Латинина;\nТи го канил чесна кумашина,\nДа му венчат убаа нееста,\nДа му крштат она м'шко дете.\nАк' не појдит ваму ке ни доит,\nКе ни пленит стока богатиа,\nКе ни пленит моја мила снаа.\nДа ја носит за млада робина.\nЈа не жаљам стока, што имаме,\nТуку жаљам моја мила снаа;\nОт сум лежал за девет години,\nТаа мене измет ми сторила;\nТук да ојте*) у краљ Латинина,\nДа не брата краља го загубит;\nИ јунаство ваше пострамотите.”\nСи јавнeе свои брзи коња,\nОтидое у краљ Латинина,\nБог го убил, бог да го убиет!\nНе венчее убаа нееста,\nНе крстие лудо м'шко дете;\nТук ми тури вино и ракиа,\n3а да ми и сите опијанит,\nОпијанит и да и загубит;\nАма тие колку ми пијеет,\nТолку појке ми се веселеет.\nЃуро ми је мошне пијаница,\nКолку пиет, толку се веселит;\nАма јунак Плетикоса Павле,\nМало чует многу ми разбират,\nА Секула, Груица детенце,\nТие ми се љути кесеџии.\nДремка фати краља Латинина,\nЛегна краља малу да преспиет;\nСе впуштиа пет добри јунаци,\nМу турие дробнана синџира,\nНа негоо краљско бело грло.\nИзтргнае ж'лти боздогана,\nПорезее краљу добра глаа,\nМу пление стока богатиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A0%D0%B0%D0%B1%D0%B4%D1%83%D0%BB%D0%B0_%D0%B8_%D0%9C%D0%B8%D1%80%D1%87%D0%B5", "word_count": 827, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4336", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Гроздана", "text": "„Брату ле, брату Стогјано!\nАрам ти било јунаство,\nЈунаство, брату, левенство,\nШто ти плениха стадото\nСивото стадо рогушко\nРогушко стадо, калешо.”\nТогај он веле, говоре:\n„Сестро ле, сестро; Марие!\nШто ке ми чини јунаство,\nЈунаство сестро, левенство!\nНа сон ме мене најдоа,\nДо триста души Арапе\nАрапе, сестро, Татаре,\nТа ми плениха стадото\nСивото стадо рогушко,\nРогушко, сестро, калешо,\nИ мен', сестро, ке пленеа,\nНе жаљам, сестро, стадото\nСтадото, сестро, калешо,\nТоку си жаљам косемот\nС позлатените рогове,\nСо стребрените копити,\nШто ми вртеше стадото\nЗа дванаесет овчаре.”\nТогај му веле сестро му:\n„Што стоиш, брату, што гледаш,\nДека си, брату, арамасан,\nКе те дочуе армасница\nИ нејните верни дружки,\nВ очи шега ке £ се бијат.\nЗеми, брату, пишен кафал,\nОди на вишна планина,\nНа тиа ветки бачила,\nКрај таја бела Дунева,\nЗасвири аровно, жаловно,\nИ да викнеш да привикнеш,\nЕла, ела мој косеме,\nК'д' си, да си, тук' да дојдеш\nНа ови ветки бачила,\nКрај таја бела Дунева!”\nНели си дочул ќосемот,\nКак' дочу и как разбра,\nТа тргна тои н'а преди,\nПливна низ бела Дунева,\nЗаводе стадо калешо.\nТриста го души бранеха,\nНе можеха да и добранат,\nОште триста придојдоха.\nИзлезе на Вишна планина,\nНа тие ветки бачила.\nКа ги виде млади Стогјан,\nСрцето му се разшени,\nЗакара сивото стадо,\nДојде право на сестро му,\nТа £ веле и говоре:\n„Сестро ле, сестро Марие!\nХитра си била, разумна,\nСакам да дојдеш на свадба,\nМалце помошт да ми чинеш.”\nОна му веле, говоре:\n,,Тешка сум, брату, не можам\nНе можам, брату, да дојдам;\nКе пуштам мома Гроздена,\nМојата мила штерка,\nА твојата мила 'нука,\nКолку при тебе да седи,\nДа се не она премени,\nДан' она вонка излезе,\nОти је мошне хубава.”\nСтана си Стогјан отиде,\nТа зафати тешка свадба;\nМу пушти мома Гроздана,\nКолку при него да седе,\nКолку да измет му чине.\nСи удриха тапането,\nСе собраха сватовето,\nПа дојдеха кумовето;\nИ се премени млад Стогјан,\nСе премени, се нареди,\nКе кинисат за невеста.\nГроздана мајка не почу,\nСе премени, се нареди,\nТа излезе вонка на двор,\nПа се фати на орото\nНа орото на танецо,\nФати оро да играе.\nДојде свето се забрави;\nСтарците вино пијеа,\nОставиа они виното,\nВо Грозде очи фарлија;\nЖенени камен фарљаа,\nОставиа они каменот,\nИо Грозде очи фарлиа,\nЕргене оро играа,\nОставиа они орото\nВо Грозде очи фарлиа;\nЗабравиха да си одат\nДа си одат за невеста.\nДојде време за венчање,\nТа фатиха да венчават\nГроздена сос млади Стогјан.\nПоповето онемеа,\nКумовето ослепеа.\nТогај вељат кумовето:\n„Питајте се, разпитајте се,\nДа не сте нешто роднина!”\nТогај си Стогјан провикна:\n„Како да не сме роднина!\nТаја је от сестра мома,\nТаја је на мене 'нука.”\nПоповете презборуваа,\nКумовете погледнаа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%93%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 448, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4338", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан, Пејче и Цуца", "text": "Се собрале, се набрале\nДеветмина овчариња\nНа Стојановото трло,\nСтојановото бачило,\nДа си јадат да си пијат,\nДобар аинк да си чинат.\nТа јадеха и си пиха,\nОт ден до ден три недели,\nС вечерите шест недели.\nТогај веле млади Стојан,\nМлади Стојан, млат кехагја:\n„Варај ние мили брака\nДеветина овчариња!\nАрно пихме и јадехме,\nДобар аинк си чинихме,\nНешто облок не сторихме;\nЕла да се обложиме,\nКој је кадар, кој је вреден,\nДа си појде добро село,\nВ добро село Каменица,\nДа изл'же Цуца мома,\nИ да ја тука донесе,\nГолем бакшиш ке му дадам,\nПоловина сиво стадо\nСо с¢ млади овчарчиња.”\nКа си дочу левен Пејче,\nТогај веле и говоре:\n„Јас сум кадар, ја сум вреден,\nДа донесам Цуца мома.”\nПа отиде дури дома,\nТа измесе шарен колак,\nГо измесе, го испече,\nГо кладе в шарена торба;\nПа си појде в добро село\nВ добро село Каменица,\nНа Цуцени тешки порти.\nЧукна, викна на портите,\nИзлегла је Цуца мома,\nОна веле и говоре:\n„Кои чука, кои вика\nНа нашите тешки порти?”\nТогај веле левент Пејко:\n„Ела Цуцо, ми отвори,\nЦуцо, ја сум левен Пејко.”\nСе пушти порти отвори.\nТогај веле и говоре:\n,,На ти, Цуцо, шарен колак,\nДа ми дојдиш на свадбата,\nДа ми бидиш посестрима!”\nНа неја вера се фати.\nСе промени, се нареди;\nНели тргнаха двајцата,\nПа дојдоха крај трлото;\nНе тегли Пејко в селото,\nТоку тегли во трлото.\nТогај веле Цуца мома:\n„Варај Пејче, левен јунак,\nП'тот не оди в селото.”\n„Оди, оди, Цуцо моме!\nКе фатиме голем овен\nГолем овен за свадбата.”\nКа дојдоха крај трлото,\nКа ги виде млади Стојан,\nСи викна, и се провикна:\n„Алал ти је сиво стадо!\nКе јадиме, ке пиеме\nОште други три недели.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%2C_%D0%9F%D0%B5%D1%98%D1%87%D0%B5_%D0%B8_%D0%A6%D1%83%D1%86%D0%B0", "word_count": 287, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4297", "title": "Зборник на Миладиновци/ Митре поморјанче и Мариа белоградска", "text": "Посвршил се Митре Поморјанче\nЈа посврши Марја Белогратска.\nБог го убил Петре Вајрадинче!\n3ашто беше Петре кувенџифче,\nЈа преврши кир бела Мариа.\nДури ми ја прстен прстенвало,\nПоарџило три тоари азно,\nОт како је прстен прстенвало;\nШто напраи прстен над прстена,\nШто напраи бурма позлаштена,\nА на бурма камен безценети,\nШто напраи до три злати венци,\nА на венци камни безценети;\nСи поарџи уште три тоари,\nСе сторие шес тоари азно.\nСи дочуло Митре Поморјанче,\nДома појде мошне умилено,\nР'це кршит от бели колена\nГлаа крши от бели бедени,\nС'лѕи ронит по бели пазуи,\nОт пазуи по бели скутеи,\nГо догледа негва стара мајка:\n„Ајти Митре, ајти синче мило!\nШто си олку, синко, ујадвено,\nШто ми рониш, синко, дробни с'лѕи,\nСе во с'лѕи си се утопило,\nДури си ја земја завадило\nОт жаљои, Митре, от плакои?”\nНе можеше мајке збор да даит,\nОдвај Митре је отгоорило:\n„Как да не су, мај ко, уплакано,\nКак да не сум мошне ујадвано?\nБог го убил Петре Вајрадинче,\nВајрадинче Петре кувенџифче!\nШто ми сторил големи намузлак,\nШто напраил прстен нат прстена,\nШто напраил до три злати венци,\nШто наредил камни безценети,\nШто поарџил шес тоари азно,\nЈа превршил кир бела Мариа.”\nТога рече Митреа стара мајка:\n„Ајти Митре, ај ти синко миле!\nАљ тоа те брига нашло?\nАј земај си малу многу азно,\nТа собери младине мајстори,\nНапрај си нована гемиа,\nТа појди си во града Прилепа,\nПрекупи си свила и коприна,\nПрекупи си свиленн кошули,\nПрекупи си медени елеци,\nШто и носат свршени девојки;\nПрекупи си чоа парангора,\nШто прает џубина за неести,\nНап'лни си нована гемија,\nОткупи си млади гемиџии,\nПрефрли се преку црно море,\nИзлези си во Белего-града.\nКо ке појдиш во Белего града,\nДа си клаиш три млади тељали,\nДа викает низ Белего града,\nДа излезет свршени девојки,\nДа купеет свила и коприна,\nБелки, синко, ке ти се измамит,\nКе ти дојдит кир бела Мариа.\nАма, синко, да не ми се мамиш,\nСтока надвор да не им изважаш,\nТук да дојдет во нова гемиа,\nДа земает се што ке им требит.”\nКако мајка си го научила,\nТака Митре мајка си почуло.\nТој си зеде малу многу азно,\nТа си собра младине мајстори,\nСи напраи нована гемиј а,\nТа си појде во града Прилепа,\nСи прекупи свила и коприна,\nСи прекупи свилени кошули,\nСи прекупи медени елеци,\nШто и носат свршени девојки;\nСи прекупи чоа парангора,\nШто ми прает џубина за неести,\nСи наполна нована гемија,\nСи откупи млади гемиџии,\nСе префрли преку црно море,\nСи излезе во Белегo-града,\nИ си кладе три млади тељали,\nКо викнае три млади тељали:\n„Излегвите, свршени девојки,\nДа купвите свила и коприна!”\nТога рече кир бела Мариа:\n„А егиди три млади тељали!\nЈас ке дојдам прво на гемии,\nДа си купам свила и коприна;\nАј речите на млад гемиџиа,\nДа постелит платно бамбакерно,\nОт портите дури до гемиа,\nЈас ке дојдам на нова гемиа.”\nМу казае три млади тељали,\n„Оти сакат кир бела Мариа,\nДа постелиш платно бамбакерно”\nИ ми посла Митре Поморјанче\nОт гемиа дури до портите.\nИ си стана кир бела Мариа,\nСе промена, лепо се наружи,\nИ си зеде триесет девојки,\nСи отиде на нова гемиа.\nТога рече кир бела Мариа:\n„А егиди младо праматарче!\nИзвади ни свила и коприна,\nИзвади ни свилени кошули,\nИзвади ни медени елеци,\nИзвади ни чоа парангора,\nШто ми носат свршени девојки.”\nТога рече Митре Поморјанче:\n„А егиди кир бела Марио!\nКлетва имам от мојата мајка,\nОт гемиа стока не изважам;\nОт сте вие триесет девојки,\nСекој насе ке си отберите,\nОвде многу ке се забаите;\nНешто роса да не ми заросит,\nНешто ветар да не ми повеит,\nДа огрдит свила и коприна;\nАј влезите в нована гемија!\nИ си влезе кир бела Мариа\nА по неа триесет девојки.\nИ им фрли Митре Поморјанче.\nШто им фрли свилена јоргана,\nИ им тури свила и коприна.\nС опулие свршени девојки,\nДа гледает свила и коприна.\nТога рече Митре Поморјанче:\n„А егиди млади гемиџии,\nАли сега брака, аљ никога!\nОдтурнете новава гемија,\nСи имаме п' една на јунака.”\nОдтурнале новава гемија;\nА момички туку отбирает,\nШто им требит се да си земеет.\nСе испраи кир бела Мариа,\nСи се најде стреде црно море.\nТога рече кир бела Мариа:\n„А егиди Митре Поморјанче!\nШто је овој унер што напраи,\nАљ ке беше от твоја умштина,\nАљ ке беше от твојата мајка?”\nИ је рече Митре Поморјанче:\n„Умштината от мојата мајка,\nЈунаштина от мене да знаиш.”\nПрефрлие преку црно море,\nИзлегое на крај на краиште.\nГо догледа Митреата мајка,\nГо пречека с голем калабалак.\nТога рече Митре добар јунак:\n„А егиди млади гемиџии!\nНе вардите новава гемија,\nТук вардите свршени девојки,\nШто ни дошле сами на гемиа,\nЗемајте си п' една на јунака,\nСекој дома си да си одите.”\nСи зедое млади гемиџии,\nОтидое сите при мајка си.\nМитреа мајка унер ми сторила.\nТри месеци свадба ми чинила.\nИ си рече Петре Вајрадинче:\n„Арно сторил Митре Поморјанче,\nКак му сториф, појке ми го стори,\nНешто атар пак не ми останвит;\nКак се грабит свршена момичка!\nЗари неа триесет појдое.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%80%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5_%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B0", "word_count": 845, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4340", "title": "Зборник на Миладиновци/ 209 песна", "text": "Ох! падна, падна Шар планина, де моме, де,\nТа притисна три овчара, де моме, де,\nПрви овчар богу сја моли, де моме, де:\n,,Дигни сја, дигни Шар планина, де моме, де,\nИмам мајка, имам башта, де моме, де,\nIo мене ште жалат, Шар планина, де моме, де “\nВтори овчар богу сја моли, де моме, де:\n,,Дигни сја, дигни Шар планина, де моме, де;\nИмам башта, имам мајка, по мене ште жалат;\nИмам булка, имам сестра, по мене ште жалат.”\nТрети овчар богу сја моли, де моме, де:\n„Дигни сја, дигни Шар планина, де моме, де,\nИмам мајка, имам татко, по мене ште жалат;\nИмам булка, имам деца. по мене ште жалат.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_209_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 111, "cyrillic": 0.991}
{"id": "4015", "title": "Сл. весник / РМ / 2008 / xx - Закон за семејството (Пречистен текст)", "text": "Прв дел\n= Општи одредби =\nСо овој закон се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна зашита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањто, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните спорови.\nСемејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство.\nСемејството настанува со раѓање на деца и со посвојување.\nОдносите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца.\nРепубликата обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа.\nРепубликата обезбедува заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство во бракот и семејството.\nРепубликата создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство.\nВо остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство, родителите се должни да обезбедат оптимални услови за здрав раст и развој на своето дете во семејството и општеството.\nБракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.\nОдносите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.\nРодителството настанува со раѓање и посвојување.\nОспорување и утврдување на родителството е дозволено под услови и на начин утврден со овој закон.\nРодителите спрема своите деца имаат еднакви права и должности (родителско право).\nОдносите на родителите и децата се засноваат на права и должности на родителите да се грижат за подигање, чување, воспитание и образование на своите деца и да ги развиваат нивните работни способности и навики.\nРодителското право го вршат родителите заедно во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница.\nНа родителот може да му биде одземено или ограничено вршењето на родителското право под услови предвидени со овој закон.\nПравата и должностите на родителите и на другите роднини спрема децата, како и правата и должностите на децата спрема родителите и другите роднини се еднакви, без оглед дали децата се родени во брак или надвор од бракот.\nРодителското право престанува со полнолетство на детето или на друг начин предвиден со овој закон.\nПолнолетството се стекнува со наполнување 18 години од животот, кога полнолетното лице се здобива со деловна способност.\nИздржувањето е право и должност на родителите, на децата и на другите роднини утврдени со овој закон, како и на лицата кои живеат во брачна или вонбрачна заедница.\nДоколку издржувањето не може да се оствари од лицата од став 1 на овој член, на необезбедените членови на семејството, Републиката им обезбедува средства неопходни за издржување, под услови определени со закон.\nРепубликата преку старателство обезбедува заштита на децата без родители, на малолетните деца без родителска грижа и на полнолетните лица под услови и начин утврден со овој закон.\nЗаедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.\nРаботите сврзани со посебна заштита и помош на семејството, насилство во бракот и семејството, дел од работите сврзани со посвојувањето, како и работите на старателство, утврдени во овој закон, ги врши центар за социјална работа со методите на стручната, советодавната и советовалишната интердисциплинарна тимска работа.\nЗа работите од ставот 1 на овој член кои се однесуваат на посвојувањето одлучува Комисија при Министерството за труд и социјална политика (во натамошниот текст: Комисија).\nЗа работите од став 1 на овој Член центарот за социјална работа и Комисијата ги применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.\nПо жалбите изјавени против решенија на центарот за социјална работа решава Министерството за труд и социјална политика.\nПо жалбите изјавени против решенијата на Комисијата решава соодветна комисија за работи од социјалната политика при Владата на Репбулика Македонија (во натамошниот текст: Комисија при Владата на Република Македонија)\nЖалбите изјавени против решенијата на центарот за социјална работa и Комисијата не го задржува нивното извршување.\nОвластувањето за спроведување на извршувањето на решенијата на центарот за социјална работа, службеното лице го докажува со легитимација.\nЛегитимацијата на службеното лице ја издава министерот за труд и социјална политика.\nОбразецот на легитимацијата на службеното лице и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за труд и социјална политика.\nБројот на извршителите и овластувањата кои ги имаат извршителите ги определува министерот за труд и социјална политика со решение.\n= Брак и склучување на брак =\n1 Услови за склучување и полноважност на бракот\nБрак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со закон.\nНе може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот.\nНадлежниот суд може, во вонпроцесна постапка, да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во центарот за социјална работа.\nНе може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане.\nНе можат да склучат брак лица кои поради манифесна форма на душевно заболување со присуство на психотични симптоми или резидуални знаци од болеста не се во состојба да го сфатат значењето на бракот и обврските што произлегуваат од него, а кои се истовремено неспособни за расудување.\nНе можат да склучат брак и лица кои заостануваат во менталниот (психичкиот) развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка и најтешка ментална заостанатост IQ под 36°.\nЛицата кои се распоредени како лица со умерени пречки во психичкиот развој или со лесни пречки во психичкиот развој, како и лица кои имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, можат да склучат брак по претходно прибавено мислење за генетската конструкција издадено од Заводот за ментално здравје на деца и младинци Скопје или друга соодветна институција која се занимава со вршење на генетски истражувања.\nБракот не е полноважен кога согласноста за склучување на брак е дадена под присила или во заблуда.\nНе можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и\nсестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди.\nНе можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување.\nНе можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал.\nОд оправдани причини надлежниот суд може во вонпроцесна постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој", "subject": ["Закон за семејството"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB._%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_/_%D0%A0%D0%9C_/_2008_/_xx_-_%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE_%28%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%29", "word_count": 1142, "cyrillic": 0.999}
{"id": "4342", "title": "Зборник на Миладиновци/ Неда и Стојан", "text": "Мори Недо, бела Недо!\nНеда била на реката\nНа Ситница, на друмишта\nДека врват си п'тници\nСи патници, си друмници,\nКираџии сос кириа\nСос кириа за Софиа;\nОвчарето со овците,\nСос овците на планина;\nТа врвеха изврвеха.\nНајнапокон ке помине\nКе помине млади Стогјан,\nСос девет хиљади стадо,\nС дванаесет овчарина,\nС тринаесет клети псета.\nТогај веле млади Стогјан:\n„Поможи бог, бела Недо,\nС богум тебе да т' оставам!”\nНеда не му поврнала,\nНи со очи погледнала,\nНи сос глава помахнала\nТога веле млади Стогјан:\n„Тога на тебе д' останит;\nАко појдам на планина,\nДа си ходам на стар хоџа,\nКе запишам рамна сн'га,\nРамна сн'га на тенка пушка,\nБело лице на бела книга,\nЦрни очи на пиштоли,\nТенки гласје на кавали,\nБелким сама ке ми дојдиш\nНа планина, на вишина.”\nПа киниca, та си појде\nТа си појде на оџата,\nТа записа бела Неда\nГа записа, га зададе,\nДур да појде на бачило,\nНел се здаде бела Неда,\nНеда боса, гологлава.\nТогај веле на овчаре:\n„Ај овчари, мили браќе!\nФатејте си клети псета,\nФатејте ги, изврзејте,\nИзмолзејте сиво стадо,\nПотсирејте пресно сирење,\nЕто идит бела Неда.”\nНел' фатиха клети псета,\nИзмолзеха сиво стадо,\nПотсириха пресно сирење.\nЕто дојде бела Неда,\nТок' дојде близу Стогјана,\nТамо падна, душа даде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD", "word_count": 212, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4221", "title": "Боже, чувај ја кралицата", "text": "''англиски''; 1\n: God save our gracious Queen<sup>1</sup>,\n: Long live our noble Queen,\n: God save the Queen:\n: Send her victorious,\n: Happy and glorious,\n: Long to reign over us:\n: God save the Queen.\n; 2\n: O Lord, our God, arise,\n: Scatter her enemies,\n: And make them fall.\n: Confound their politics,\n: Frustrate their knavish tricks,\n: On Thee our hopes we fix,\n: God save the Queen.\n; 3\n: Thy choicest gifts in store,\n: On her be pleased to pour;\n: Long may she reign:\n: May she defend our laws,\n: And ever give us cause\n:''To sing with heart and voice'':''God save the Queen''.\n; 4\n: Not in this land alone,\n: But be God's mercies known,\n: From shore to shore!\n: Lord make the nations see,\n: That men should brothers be,\n: And form one family,\n: The wide world o'er.\n; 5\n: From every latent foe,\n: From the assassins blow,\n: God save the Queen!\n: O'er her thine arm extend,\n: For Britain's sake defend,\n: Our mother, prince, and friend,\n: God save the Queen!\n; 6\n: Lord grant that Marshal Wade\n: May by thy mighty aid\n: Victory bring.\n: May he sedition hush,\n: And like a torrent rush,\n: Rebellious Scots to crush.\n: God save the Queen!\n; 7\n: George is magnanimous,\n: Subjects unanimous;\n: Peace to us bring\n: Her fame is glorious,,\n: Reign meritorious,\n: God save the queen!\n''македонски''; 1\n: Боже чувај ја нашата милозлива кралица,\n: Да живее нашата благородна кралица,\n: Боже чувај ја кралицата:\n: Нека е победоносна,\n: Среќна и славна,\n: Долго да владее со нас:\n: Боже чувај ја кралицата.\n; 2\n: Господе, наш Боже, произлези,\n: Растури ѝ ги непријателите,\n: И нека паднат.\n: Спречи им ја политиката,\n: Попречи ги нивните нечесни измами,\n: Во Тебе полагаме надеж,\n: Боже чувај ја кралицата\n; 3\n: Најдобрите ти дарови,\n: Нека милно ѝ течат;\n: Нека владее долго:\n: Нека нѝ ги брани законите,\n: И секогаш дај нѝ причина\n:''Да пееме со срце и глас'':''Боже чувај ја кралицата''; 4\n: Не само во оваа земја,\n: Нека се знае Божјата милост ,\n: Туку од брег до брег!\n: Господе нека видат народите,\n: Дека луѓето треба браќа да бидат ,\n: Да сочинуваат едно семејство,\n: Ширум нашиов свет.\n; 5\n: Од секој скриен непријател,\n: Од ударот на убиецот,\n: Боже чувај ја кралицата!\n: Над неа подади рака,\n: Во името на Британија чувај ја,\n: Нашата мајка, владетел и пријател,\n: Боже чувај ја кралицата!\n; 6\n: Господе нека Маршал Вејд\n: Биде твој моќен помошник\n: Донеси победа.\n: Нека задуши востание,\n: И како поројна навала,\n: Да ги срози бунтовничките Шкоти.\n: Боже чувај ја кралицата!\n; 7\n: Џорџ е великодушен,\n: Поданиците - едногласни;\n: Мир за нас донесе\n: Нејзината прочуеност е славна,\n: Царувај заслужено,\n: Боже чувај ја кралица!", "subject": ["Национални химни", "Обединетото Кралство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B6%D0%B5%2C_%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%98_%D1%98%D0%B0_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 419, "cyrillic": 0.489}
{"id": "4344", "title": "Зборник на Миладиновци/ Желник Пејо", "text": "Си овчари вечерале,\nЖелник Пејо не вечерат;\nСи овчари го викаа:\n„Ела, Пејо, да вечераш!”\n„Ој офчари, мој дружина!\nВечерајте, не чекајте,\nМене ми се не вечерат,\nСрце ми се разсвирело,\nКе ми бидет спроти глава,\nКе ми бидит нешто коба.”\nУште речта не изрече,\nСе задале арамии,\nГо фатиле желник Пеја,\nМу врзале бела р'це\nБели р'це на опаку,\nМу туриле дробен синџир,\nДробен синџир на грлото,\nГо терале со се стадо.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%96%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%9F%D0%B5%D1%98%D0%BE", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4346", "title": "Зборник на Миладиновци/ 212 песна", "text": "Се собрале, се набрале\nСите земски арамии\nТамо долу во Ладово,\nДа си дељат пуста стока\nПуста стока арамиска.\nШто имаше едно Грче,\nНи се мерит, ни се токмит,\nТуку шетат крос Владово;\nСо баглама не свируват\nИ со уста не пејуват:\n„Ак бог даит да развиат\nДа развиат планините,\nДа соберам дружината\nДружината арамии,\nДа излезам по планина,\nДа си земам три синџири,\nДо поредам млади робје.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_212_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4350", "title": "Зборник на Миладиновци/ Сирма војводка", "text": "Дека се чуло видело,\nМома Војвода да бидит,\nНа седамдесет сејмени\nНа тија гори зелени,\nНа тија води студени?\nМома им веле говоре:\n„Това сос људба не биват,\nТова сос срдба не биват!\nЗемајте прстен от р'ка,\nВрзејте прстен на бука,\nФрлејте редом на нишан;\nКој ке ударит прстенот,\nТој ке си бидет Војвода\nИ мене ке ме кердосат.”\nСите фрљаа со редом,\nНикој ми прстен не удри.\nМома си веле, говоре:\n„Подај ми, чауш, пушката!”\nПушката пукна от р'ка,\nПадна ми прстен от бука,\nПак мома веле, говоре:\n„Земајте камен фрлејте,\nКој ке ме мене натфрлит,\nТој мене нека кердосат,\nТој млад Војвода да бидет.”\nСите ми се редом фрљаа,\nНикој се камен не натфрли;\nСирма ми камен натфрли\nДесет чекори потамо;\nИ седамдесет дружина\nОдбраа Сирма Војвода.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D0%B8%D1%80%D0%BC%D0%B0_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BA%D0%B0", "word_count": 131, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4348", "title": "Зборник на Миладиновци/ Енчица и арамии", "text": "Седнал е Диман чорбаџи,\nДа јаде, оште да пие\nДа пие и да сја весели\nС негови девјат синови,\nС негови девјат снашици.\nСичките јадат и пиат,\nИ са веселба весељат;\nНајмлада снаха Енчица\nНе јаде, оште не пие,\nНи с' веселба весели.\nДиман ја тихо попита:\n„Енке ле, снахо најмлада!\nЗашто не јадиш и пиеш?\nГозба ми ти е малко?\nИл вино са е сваршило,\nВиното, и ракиата?”\nЕнка Диману думаши:\n,,Димане свекре, Димане!\nЈа ставај, свекро, сја скривај\nС'с девет млади синови,\nИ оште девјат снашици\nВ девјат лакти скривалехчи!”\nДиман ја верно послуша,\nПоведе девјат синови,\nИ оште ос'м снашици,\nЧи са скри в т'мни зевници.\nЕнка си сама остана,\nЗапрегна бели р'кави,\nЗамеси бели хљабови,\nГи опече на девет пешти,\nНавали девет казана\nДевет казана с молитва(?)\nИ оште девет с'с жито.\nТаман молитвата овали,\nИ хљабовите сја опечат,\nШимшир са е порта хлоннало,\nРавни с' е двори нап'лнило\nС'с млади врли хајдути;\nЕнка си верно питаха:\n„Енка ле, булка хубав\n293\nКаде ти е, Енке, стар Диман?”\nЕнка на хајдути думаши:\n„Јунаци, млади јунаци!\nДобре ми дошле, јунаци!\nВчера Димана заровихми\nС негови девјат синови,\nИ оште ос'м снашици,\nА ноштес молитва варја,\nУтри шта хора да збирам,\nДа хапнат и да помјанат.\nСега сте ви тука дошле,\nИлате сеги да хапним\nДа хапним и да помјанем\nЗа Диманово проштење,\nИ за негови девјат синови,\nИ оште ос'м снашици.”\nХајдути седнали да јадат\nДа јадат и да помјанат;\nЕнка им трапеза слагаши,\nИ измеќери прашташи,\nДа идат право на конак,\nД' обадјат на биљук-башата.\nБиљук башата довтаса\nС'с триста души сејмени,\nИсечи сички хајдути.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%95%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B8_%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%B8", "word_count": 280, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4351", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ганка", "text": "Мама си Ганка питаше:\n„Кажуват, мамо, хората,\nЧе си с Војвода ходила.”\nМама т'ј часто питала:\n„Гањо љо вие през мене,\nПрез мене бехте двамата,\nСношти т' мама видела,\nКога замина Војвода,\nХор јунаци след него млади,\nАлена хор'гва носеше,\nСлед него млади јунаци\nСо д'лги пушки во р'це\nИ с т'нки сабли во уста\nДолу в полето слезоха.\nВојвода тебе продума:\n„Добра ти вечер, Гано љо!”\n„Дал ти Бог добро, либе ле!”\nПа си Војвода отмина,\nВ поле за Султана отива,\nСултана жив да улови,\nТешко имање да земе,\nТебе голема мина да даде.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%93%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4355", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ајдут Велко", "text": "„Кој ште ти носи д'лгата пушка\nБојлија, хајдук Велко, бојлиа?”\n„Нека ја носи Милош побратим\nЗа мења, прво либе, за мења;\nЕм да ја носи, ед да сја хвали\nС'с мења, прво либе, с'с мења.”\n„Кој ште ти јаха врањата коња\nДорјана, хајдут Велко, Дорјана?”\n„Нека го јаха Милош побратим\nЗа мења, прво либе, за мења.;\nЕм да го јаха, ед да сја хвали\nС'с мења, прво либе, с'с мења.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D1%83%D1%82_%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%BE", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4358", "title": "Зборник на Миладиновци/ Ајдут Велко (2)", "text": "Израсло ми бадем дрео тенко високо,\nПот дрео је ајдут Велко сос мала мома;\nДушек му је црна земја с трева зелена,\nЈастак му је десна р'ка ајдут Велкоа,\nЈорган му је злато небо со дробни ѕвеѕди.\nГо догледа стара мајка ајдут Велкоа,\nЉуто к'лнит стара мајка ајдут Велкоа:\n„Да би дал Бог силен ветар из Будина града,\nДа уборит бадем дрео тенко високо,\nДа г' убодит ајдут 'Велко сос мала мома!”\nУште реч му недорече стара му мајка,\nМи повеа силен ветар из Будин града,\nГо убори бадем дрео тенко високо,\nГо убоди ајдут Велко сос мала мома.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%90%D1%98%D0%B4%D1%83%D1%82_%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%BE_%282%29", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4361", "title": "Зборник на Миладиновци/ 220 песна", "text": "На душа ти било нане, воденички камен!\nTа зашто ме даде, нане, н' она лудо младо,\nН' она љуто кесеџифче, горско арамифче.\nHoke му се мили, нане, порти отворени,\nДење му се мили, нане, порти затворени.\nК'та нок ми носит, нане, крваа кошуља,\nВо кошуља, мила нане ле, от јунаци глаи.\nШто ми је, донесло,мила нане, рано от утрина,\nМи донесло мила нане, от јунака р'ка,\nА на мал прст, мила нане, бурма позлаштена,\nКак да си ја, мила нане, р'ка припознаиф,\nКак да беше, мила нане, от мој мили братец,\nОт мој мили братец, мила нане, брата Костадина.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_220_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 103, "cyrillic": 0.99}
{"id": "4354", "title": "Зборник на Миладиновци/ Босољ", "text": "С'брали с' се набрали\nСе одбор млади јунаци,\nДо седумдесет јунаци,\nСемко бил млад војвода,\nКато ги Семко написа\nНајнапокон иде млад Босољ,\nТај са на Семка молеше:\n„Бае ле Семко, бае ле!\nПиши и мене на краја,\nМакар с'м с'нлив и гурлив.”\nСемко cи Босаљ написа.\nОтишли в Стара планина,\nСемко си викна провикна:\n„Кои ште са наемне\nСрешто потера да иде,\nПодир да си присрешне,\nРодоп да ја пригледа?”\nНикој не са наема,\nМлад Босољ са е наемил,\nБосољ на Семка думаше:\n„Бае ле Семко, бае ле!\nЈа дај ми твојата сабја\nИ ми дај твојата пушка,\nЈа шта на просек да стана,\nПотера да си пресрешна,\nРодоп ште да пригледам.”\nСи стана Босољ отиде,\nИ на друмишта заседна,\nНа крстоп'т полегна.\nЕј че си иде потера,\nБосољ подир погледна.\nНего Арапче опозна,\nПа на потера думаше:\n„Че чувате ли, потерја!\nТука е сам си млад Босољ.”\nКато си зачу потерја,\nТа ми се назад поврна,\nБосољ жив да улови.\nКа се разви млад Босољ,\nИзвади сабја френглиа,\nНапред потера исече,\nТоку Арапче остана,\nТа са Босољо мoлeшe:\n„Бае ле Босо, бае ле!\nЈа ми глава не зимај,\nЧе с'м си еден у мајка!”\nБосољ Арапче не слуша,\nЧерни му очи изврте,\nДесна му р'ка отреза,\nТа го на царја запрати,\nДа види царја, да чуе,\nКакви јунаци живејат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%91%D0%BE%D1%81%D0%BE%D1%99", "word_count": 227, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4360", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кара Мустафа", "text": "Болен ми лежи, море Кара Мустафа;\nДегиди болен Кара Мустафа!\nБолен ми лежит, море, та ке да умрит;\nДегиди болен Кара Мустафа!\n„Кој ке ти носит, море, д'лгата пушка?\nДегиди болен Кара Мустафа!”\n,,Нека ја носит тој Ајдут Велко,\nЗашто је боље јунак от мене.”\n„Кој ke ти носит, море, острата сабја?\nДегиди болен Кара Мустафа!”\n„Нека ја носит тој Ајдут Велко,\nЗашто је боље јунак от мене.”\nКој ке ти јава та врана коња?\nДегиди болен Кара Мустафа!”\n„Нека ја јава, море, тој Ајдут Велко,\nЗашто је боље јунак от мене.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0_%D0%9C%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%84%D0%B0", "word_count": 93, "cyrillic": 0.989}
{"id": "4363", "title": "Зборник на Миладиновци/ 221 песна", "text": "От згора идет сејмени, еј стара бабо жаљбо ле!\nАјдутска глава носеет, еј стара бабо жаљбо ле!\nИзлезе баба да гледат, еј стара бабо жаљбо ле!\nВидела баба та глава, еј стара бабо жаљбо ле!\nВикна ми баба да плачит: егиди желна бабо жаљбо ле!\n„Не ми је глава ајдутска, егиди желна баба жаљбо ле!\nТук ми је глава синова. егиди желна бабо жаљбо ле!”\nСејмени бабо је велее: егиди желна бабо жаљбо ле!\n„Не жаљај, бабо, не плачи, егиди желна бабо жаљбо ле!\nБлазе ти тебе со срце, егиди желна бабо жаљбо ле!\nШто јунак ти си родила, егиди желна бабо жаљбо ле!\nДури му глава зедофме, егиди желна бабо жаљбо ле!\nПедесет мина паднафме, егиди желна бабо жаљбо ле!\nСам буљук баша загина, егиди желна бабо жаљбо ле!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_221_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 130, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4366", "title": "Зборник на Миладиновци/ 222 песна", "text": "Заплакала ми гората, гората и планината\nИ от гората дрвјето, и от дрвјето лиската,\nИ от гнездите пилците, и от земјата тревата,\nОт кладенците воѓето заради Инче Војвода:\n„Камо си Инче да дојдиш? С ајдуци гора с исполна,\nАјдуци оган дадое, гората ја изгорие.\nЕ гиди Инче Војвода, камо си брго да дојдиш,\nТишки от гора избегле!” Тога си Инче изгласи\nИз таја гора зелена: „Потај ми гора зелена,\nЕте го Инче ке*) идет, с ајдуци ке се обидит:\nПрвото срце го немат. Кога трандафил цутеше\nСекој му душа љубеше; кога трандафил капеше,\nНикој му мишки нејкеше?” Извика гора до бога,\nИ от гората дрвјето и от дрвјето лиската\nИ от земјата тревата, от кладенците воѓето.\nИзвикна Инче до бога низ таја гора зелена,\nИз високата планина: „Трај ми, гора ле, не плачи,\nЕте го Инче ке идет, ајдуци ке и исп'дит.”\nАјдуци гласот му чуе, еден пред други бегаа\nЕден с друг не се видоа. Тога се гора зарадва\nИ от гората древјето, и от древјето лиската\nИ от гнездите пилците, от кладенците воѓето.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_222_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 176, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4371", "title": "Зборник на Миладиновци/ 225 песна", "text": "„Жени ме, мајко, жени ме\nДури сум младо зелено\nОт дванаесет години,\nОт тринаесет пролета,\nДури је жито ефтино,\nКилница вреште сто пари,\nВедрица вино золота.”\n„Не женам, cинкo, не женам,\nУште си мало малечко.”\n„Жени ме, мајко, жени ме,\nОти ке бегам далеку\nВо Негошката планина,\nМлат арамиа ке бидам,\nВо друм кесеџиа ке ходам,\nЦрна кошуља ке носам;\nМногу ке мајки расплачам,\nМногу невести поцрнам,\nМногу јунаци загубам.”\n„Не оди, синко, не оди!\nЛошо ке ми те прок'лнам,\nТешка клетва ке ти даам,\nТи тамо ке се разболиш,\nНикој крај тебе ке немат,\nОрлови гроб ке копаат,\nК'ртали ке те креваат,\nЧафки попови ке бидат.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_225_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 109, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4367", "title": "Зборник на Миладиновци/ 223 песна", "text": "Во гора се триесет момчина,\nМомчина се триесет ајдути.\nПовеале југа темничара,\nА по него кривца палаинa,\nА со ними снега лапаица;\nИм замрзна кноките кошули,\nИм замрзна за месо ајдутско.\nИ станаа триесет ајдути,\nОтидое в црква Митроица,\nЗапалие крсти и икони,\nРазвалие силнине огнеи,\nОтмрзне кноките кошули,\nОтмрзнее от месо ајдутско.\nКога дојде дена Ѓургев-дена,\nНаправие крсти от дукади,\nА икони от карагрошеи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_223_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4381", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мома Буљукбаш", "text": "Дали се чуло, видело,\nМома буљукбаш да бидит\nСо сто ј педесет сејмени,\nСо триста мина делии,\nС кадифе фустан до земја,\nСо т'нка пушка на рамо,\nЧифте пиштоли на појас!\nСејмени ја завиделе,\nСилна поплака сториле:\n„Нејкиме мома буљукбаш!”\nМома буљукбаш говоре:\n„Месите пресна погача,\nТурите алтан во неја,\nСкршите парче по парче,\nКому алтанот ке паднит,\nТој буљукбаша да бидит.”\nМесиле пресна погача,\nКладоха алтан во неа,\nСкршиле парче no парче,\nНа сите по две парчина,\nМоме се даде едно парче,\nНејѕе је падна алтанот.\nДелии ја завидоха,\nСилна поплака сториха:\n„Нејкиме мома буљукбаш!”\nМома буљукбаш говори:\n,,Ај на нишан да фарлиме,\nНис прстен куршум провриме,\nКој ке ми нишан погодит,\nТој буљукбаша да бидит.”\nНикој ми нишан погоди,\nМоме ми нишан погоди,\nОстана моме буљукбаш,\nСо ста ј педесет сејмени,\nСо триста мина делии.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%91%D1%83%D1%99%D1%83%D0%BA%D0%B1%D0%B0%D1%88", "word_count": 138, "cyrillic": 0.993}
{"id": "4374", "title": "Зборник на Миладиновци/ 226 песна", "text": "„Топи, топи, мила мајко, мојве љути рани.”\n„Топам, топам, мили синко, твојте љути рани.\nКажи, мила синко; што грех си сторило?\n,,Да ти кажам, мила мајко, што грех сум сторило;\nКога бехме, мила мајко, деца аџамии,\nНие бехме, мила мајко, лоши арамии,\nНие бехме, мила мајко, на Стара планина,\nСе погоди, мила мајко, дена Велигдена,\nТа слегофме, мила мајко, в село Ладово,\nПосакафме, мила мајко, п' едно парче лебец\nПарче лебец, мила мајко, по црвено јајце.\nНе ни дадоа, мила мајко, п' едно парче лебец,\nНиту лебец, мила мајко, ни црвено јајце.\nСе наљути мила мајко, наши буљук - баши:\n„Кој је кадар, мила деца море, ко је вреден,\nДа запали, мила деца, оно лепо село?”\nНе се најде, мила мајко, никој добар јунак;\nЈас запалиф, мила мајко, она лепа црква.\nКога гореа, мила мајко, младите момчина,\nСини пламни, мила мајко, тога м' излегвее;\nКога гореа, мила мајко, младите невести,\nСилен ветар, мила мајко, тога ми завеа,\nКога гореа, мила мајко, младите дечина\nМи блееа, мила мајко. как руди јаганца,\nДур на бога, мила мајко, му се нажалило,\nСилна роса, мила мајко, тога ми зароси\nИ угасна, мила мајко, она лепа црква.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_226_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 191, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4370", "title": "Зборник на Миладиновци/ 224 песна", "text": "Отбрале ми се тридевет момчина,\nКој от к'де јунак от јунака,\nПрет Благоец дванаесет дена,\nКој си немат ни мајка, ни сестра,\nДа си одет горски арамии,\nДа си одет во гора зелена.\nА што си јунаци наигислие,\nПрви шикер, што ке шикеросет,\nКе го дает по цркви, манастири.\nКог' излезе во гора зелена,\nШто зароси една лапаица,\nА. по неа еден тиок ветар,\nЗамрзнее пушки на рамена,\nА елеци на кноки кошули,\nА кошули за месо јуначко.\nПо трага им потера достигна,\nИ се чудет тридесет јунаци,\nК'де да се јунаци сосает.\nСи најдое црква Митроичка,\nСи влегое в црква Митроичка;\nИскршие крсти и икони,\nЗавалие еден силен оган,\nОтмрзнале пушки от рамена,\nА елецеи од иноки кошули,\nА кошули от месо јуначко.\nТога велет младине момчина:\n„Поможи ни сам свети Митриа\nКо к' излезиме на ден Ѓурѓевдена,\nШто први кap ке си каросаме,\nКе вратиме в црква Митроечка,\nДа скоиме крсти и икони\nДа скоеме от бели карагрош,\nВенци да и злато позлатиме.”\nПо трага им потера достигна,\nТук се чудет тридевет момчина,\nКак потера назот да је вратет.\nДур имаше куршуми фарлае,\nОт елеци петлици кинее,\nВо месо ми поике одее;\nДаде господ потера вратие.\nКо' излегле на дена Ѓурѓевден,\nШто први кap ти.е каросале?\nК'де идет от цара улефе,\nМалу многу триста м'ски азно,\nСите си и в црков навратие\nСи викнее млади кувенџии,\nНе гледае што да им таксает.\nМи викнее младине мајстори.\nШто си тие црква заградиле,\nШто скојае крсти и икони,\nДури им се зајре дососало',\nКубето от карагрош сториле.\nТога зборвет тридевет момчина:\n„А егиди млади кувенџии!\nА егиди премлади мајстори!\nКако што си бога помолифме,\nТака ни је сам Господ помогол.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_224_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 285, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4387", "title": "Зборник на Миладиновци/ 234 песна", "text": "„Сонце, мило сонце, синок заран зајде,\nСинок заран зајде, сега си се забај!”\nДевојко, девојко, сум се забавило,\nЧудо сум гледало: Богдан се делеше\nОт татко, от мајка, от деветте браќа,\nИ от осум сестри, и oт седум снахи.\nТатко му делеше с'жен и пол кука,\nМајка му делеше еден кравај восок,\nБраќа му делеа девет руди овни,\nСестри му делеа пребелото руво,\nСнахи му делеа шарени чораби.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_234_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4375", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан (3)", "text": "Стојан еден син у мајка,\nСтојан мајка додеваше:\n„Мајко сакам да ме жениш!\nСтојану мајка велеше:\n„Женам те, синко Стојане,\nОва година до друга;\nОти је ск'пна година,\nКилото жито стотина,\nВедрото вино флорина.”\nСтојан је мајка велеше:\n„Жени ме, али кажи ми,\nОти ја ке ти отбегнам,\nБаш арамиа ке одам,\nПо Шар планина ке шетам.”\nСтојана мајка молеше:\n„Стојане, синче Стојане!\nНе чини се аџамиа,\nОт си ми јунак порастен\nДваесет и пет година,\nТук слушај си ја мајка ти,\nДа ни поминит ск'пија,\nЈа ке те тебе оженам.”\nСтојан си мајка не почу,\nВо петок Стојан излезе,\nБаш арамиа да одит,\nПо Шар планина да шетат;\nВ с'бота ми го фатие,\nВ Битоља го однесое,\nВ Битоља најде сељани,\nСтојан и милно помоли:\n„Сељани, брака родени!\nКога ке дома одите,\nВие да мајке кажите,\nОти се Стојан посврши,\nПосврши ке се оженит.”\nИ што си Стојан посврши,\nНегоа мајка да знаит:\n„Битољска тонка јасика,\nПрилепска д'лга фортома;\nСватои што си поканил,\nБитољски 'рти, з'гари.\nСељани дома појдоа\nИ на мајка му казае,\nСтојана го обесие.\nТуку се чудит мајка му,\nКако да појдит Битоља,\nДа му ја зеит мршата,\nБаре да му је закопат.\nСељани што је рекое:\n„Не чинит тамо да одиш,\nСтојан си глава запусги,\nТи ке си кука запустиш;\nКако си сторил, си нашол.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%283%29", "word_count": 225, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4378", "title": "Зборник на Миладиновци/ Митре Буљук-баши", "text": "А бре Митре, чауш Митре,\nЧауш Митре буљук баши!\nПие, јаде чауш Митре\nВ Лагадинско рамно поле,\nПо бегличката кориа,\nТам дек пие, дека једе,\nДобар аинк дека чине,\nДолета му бела книга\nБела книга, црно писмо,\nОт Солунски силен паша,\nИ от Воденски Војвода.\nИ от Јенички кадиа;\n„Што чине Митре да чине,\nДа развие црвен барјак,\nЦрвен барјак арамиски,\nДа собере се дружина,\nСе дружина свој момчина,\nДа си појде в честа гора,\nДа си гоне харамии,\nХарамии низ гората,\nКесеџии по полето.”\nКа испее таа книга,\nНито стое, нито гледа,\nТа си разви црвен барјак,\nТа си собра се дружина,\nСе дружина момчетата,\nТа си појде в честа гора,\nВ чесга гора в Стари Кожов,\nТам настанал харамиа,\nСтар Балабан, етар хајдутин,\nСо се сина му Јанкула;\nСин му ходе с триста души,\nТулеештем се по зат шумка,\nПо зот шумка, по зот дренка,\nДочу свират карадузен;\nМи си свири стар Балабан,\nСин Јанкула танец воде,\nТанец со триста хајдути.\nТа ги зеде на пусиа;\nКога тргна тенка пушка\nСи га удри стар Балабан,\nВ десна р'ка, в клето срце,\nСвиреештем карадузен,\nДруги удри син Јанкула,\nШто водеше дробно хоро;\nТа ги фати друѕи живи,\nТа ги носит в град Солуна,\nДа му играт дробно хоро\nНа силнего в Солун паша,\nДробно хоро во синџирот,", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%91%D1%83%D1%99%D1%83%D0%BA-%D0%B1%D0%B0%D1%88%D0%B8", "word_count": 219, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4390", "title": "Зборник на Миладиновци/ Мома и змија", "text": "Легнала мома заспала\nМеѓу две гори зелени,\nМеѓу две вода студени.\nНикој крај неа немаше,\nВишен је гаспод нат неа,\nЦрна је земја пот неа,\nСтаноит камен позглаа,\nПот камен змиа љутица.\nЗмиа си бога молеше?\n,,Умри ја, Боже, девојка,\nГнездо в коса је да праам,\nОт лице месо да јадам,\nОт очи вода да пиам!”\nКако ми бога молеше,\nТака је господ поможи.\nТоѓа девојка ми умре,\nВ коса гнездо напраи,\nОт лице месо јадеше,\nОт оча вода пиеше.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%B8_%D0%B7%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4388", "title": "Зборник на Миладиновци/ 235 песна", "text": "Сонце зајде зат гора зелена,\nЗат тра је ковил детелина\nВо ковил је црква заградена,\nВо црква је јунак и девојка.\nПоп и венчат, нунко љуто к'лнит:\n„Венчели се, не се кердосале,\nКуќа брале, како праф на т'пан,\nЧеда стекле како врбе грозје,\nЦут цутиле како јасеник,\nЗаврзиле како врбино грозје!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_235_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4380", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојна и ајдути", "text": "Мори Стојно, тенка Стојно!\nДали си чула, разбрала,\nОти дошле арамии\nАрамии во селото?\nСекој дочу, секој разбра,\nСите чуха, разбегаха,\nТенка Стојно не је чула,\nНи разбрала, ни бегала.\nВ к'шти Стојно леп си пече,\nТа дојдока арамите,\nАрамите, кесеџите\nГоли, боси како оси,\nГладни, жедни како псета.\nТе фатиха тенка Стојно\nТе фатиха, те питаха:\n„Мори Стојно, тенка Стојно!\nКажи, Стојно, имањето\nСвекорово, свекрвино!”\nОна веле и говоре:\n„Арамии, мили брака!\nЈас скоро сум дојдена,\nДа не си знам имањето\nСвекорово, свекрвино.”\nТогај вељат арамите:\n„Мори Стојно, тенка Стојно!\nЛели си скоро дојдена,\nЧи је оно м'шко дете.\nШто си спие в колебката?”\nТогај веле тенка Стојна:\n„Арамии, мили брака!\nТова ми је јатарвино,\nЈатарвино, деверово?”\nБог да биет арамии,\nШто фатиха да те м'чат.\nТа огореа, тенка Стојна,\nОгореа пиростиа,\nЈа кладеа на шијата,\nТа узеа горен вршник,\nТа кладеа на главата,\nЕм те м'чат, ем те питат:\n„Кажи, Стојна, имањето!”\nТа се уме тенка Стојна,\nТа се уме, та се чуде,\nСудни м'ки не се трпат,\nНе се трпат, не се трајат\nТогај веле и говоре:\n„Арамии, мили брака!\nКе ви кажам имањето\nСвекорово, свекрвино,\nГрошевите в кошовите,\nБешлиците в шиниците,\nДвојаците в бардаците,\nДребни аспри в кесината.”\nТи собраа, тенка Стојна,\nТи собраа имањето,\nТе закараха да навалиш\nДа навалиш силен oгин,\nДа испечеш м'шко дете,\nТе накараха да го јадиш.\nКа г' изеде, тенка Стојна,\nНајпосле и теб' заклаха.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%B0%D1%98%D0%B4%D1%83%D1%82%D0%B8", "word_count": 241, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4385", "title": "Зборник на Миладиновци/ 232 песна", "text": "Разболил се Русо книџовниче,\nВреме леже до девет години,\nИскинал Русо до девет постели,\nДо девет постели до девет озглави,\nИ ми го прашташе Русоата мајка:\n„Русе ле мили, што си ми грешен,\nШто толку страдаш, што толку лежиш?”\n„Мајко ле мила, ој моа мајко!\nЈас ништо грехок не знам да имам,\nКога бехме деца аџамии,\nОтидофме в црква на закона,\nШто имаше до два пресни гробје!\nСи дружина коњи си врзаа,\nКоњи си врзаа за т'нка мacлинa,\nЈас коња врзах за момин кивур,\nКоњ се потресе, киур се повлече,\nТа се поглеа момино лице;\nТоа не било момино лице,\nТук' ми била света Неделица.\nВикни ми, мајко, до девет попој,\nДа ми пеет простена молитва,\nБељки ке умрам, бељки ке станам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_232_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4386", "title": "Зборник на Миладиновци/ Марко и Цвета", "text": "Посвршил се Марко добар јунак,\nПосвршил ја Цвета мила моме,\nКолку се посвршил в часот се поболил,\nОт црната чума, от јуначка болес!\nИ Морко је велит: „Мајко, мила мајко!\nСтрах ме да ти кажам, грех ме да ти речам;\nИди довикај мојата дружина,\nСо ним да се видам, со ним да се простам;\nЈа белки ке умрам,ја белки ке станам;.”\nИ ми је отишла Маркоата мајко,\nИ ми је собрала негоата дружина,\nСо ним се виде, со ним се прости.\nПак Марко рече: „мајко, мила мајко!\nГрех ме да ти речам, страх ме да ти кажам;\nИди викај, мајко, Цвета мала моме,\nИ ја да ја видам, и та да ме видит!”\nИ ми је отишла Маркоата мајко,\nИ ми је стигнала на Цветина врата,\nДваш ми је кљукнала, триш ми је викнала:\n„Сваке, мила сваке, непознаена рода!\nИди викај, мајко. Цвета мала моме,\nНека се променит се во тоа руво,\nСе во тоа руво што ми прстен зела,\nОти ми је Марко мошне на зле болен,\nС него да се видит, с него да се простит;\nТа бељки ке умрит, та бељки ке станит.”\nСи се променила Цвета мала моме,\nИ ми отишла при Марко да го видит;\nИ колку ја виде часот душа даде.\nМарко ми почина, Цвета се поболи;\nМарко ми променват, Цвета душа даат;\nМарко закопаа, Цвета однесоа.\nМарко закопаа прет белата црква,\nЦвета закопаа зат белата црква;\nИ на Марков кивур што ми изникнало,\nМи изникнале високи две тополе;\nНа Цветинин кивур што ми изникнало,\nИ ми изникнала една бела лоза,\nТаа се превила прет белата црква,\nТа ми се завила околу топола.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%B8_%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0", "word_count": 270, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4391", "title": "Зборник на Миладиновци/ Еден син у мајка", "text": "Што се Босно мошне зачадило?\nАљ попаднал паша Махмуд паша?\nАљ му Гответ ручек и вечера?\nНе ми било паша Махмуд паша,\nНе му гответ ручек и вечера,\nТуку биет чума поморница.\nНа ден бијет двесте триста мина,\nУште ми се Босно не узнало,\nДури умре еден син у мајка;\nТога ми се чума разузнала,\nСе што чуло, се ми пожаљало,\nА мајка му дур' се побудали,\nК'та дена на гроб одеештем,\nОдеештем, сина плачеештем,\nПлачеештем, чума к'лнеештем,\nДури му се богу нажалило;\nИ је пушти анreл от небеси,\nЗбор да даит на својата мајка.\n„Леле мајка, леле мила мајко!\nНе к'лни ми чума поморница,\nТук' к'лни го Имера бербера,\nШто ме бричи рано во недеља,\nМи остаи перчин до рамена,\nА во перчин змија гнездо виет;\nНе ме удри чума поморница,\nЉута змија мене ме изеде.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%95%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D1%81%D0%B8%D0%BD_%D1%83_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4389", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кира Попова", "text": "Се разболела Кира попова,\nВреме лежела девет години,\nМи искинала девет постели\nДевет постели, десет позглавје.\nМи ја прашташе нејѕина мајка:\n„Киро ле, Каро, еј мила керко!\nКажи ми, кажи што грехој имаш,\nШто грехој имаш, што толку лежиш?”\n„Дејди мајко ле, мила ле мајко!\nЈас да ти кажам што грехој имам:\n„Сум запалила девет одаи,\nДевет одаи с девет младенца:\nСум запалила до девет трла\nДо девет трла с руди јаганца;\nСум запалила девет амбари\nДевет .амбари бела чеинца.\nКога гореше бела ченица,\nДур' на небеси пламен гореше;\nКога блејеа руди јаганца,\nДури у бога гласје одеа;\nКога гореа млади младенца,\nКога: плачеа нихните мајки,\nДур' до облаци гласје одеа.”\n.,Ејди Киро, ејди мила керко!\nУште три толку болна да лежиш,\nБолна да лежиш дур да се раскостиш,\nОт коски дури трева да никнит.”\n„Ејди мајко ле, мила мајко ле!\nИди викни ми девет попои,\nДесето ѓаче, ѓаче Никола.”\nПојде мајко је, викна, дојдоа,\nПопој ја пеат, ѓаче ја праштат:\n,,Кажи ми, кажи, Кира попова,\nЌажи ми мене, што грех ми имаш\nШта грех имаш, што болна лежиш?", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%B0_%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B0", "word_count": 179, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4392", "title": "Зборник на Миладиновци/ 239 песна", "text": "Мори Пецо, бела Пецо,\nБела Пецо Јанешанко!\nИзлегла је бела Пеца\nНа Јанешко рамно Било,\nТа разгледа горе, долу\nРазгледа по поле широко;\nКога гледа бела Пеца!\nЈачменете побелели,,\nА пченици ожолтели.\nПа застана спроти слонце\nСпроти слонце от протива,\nИ на бога се помоли:\n„Варај боже, мили боже!\nДај боже љута треска\nОт Ѓурѓевден, до Петровден,\nДур' сожниат пчениците,\nДа доберат јачменето!”\nТа киниса дома д' оде.\nДур' да дојде, љута ја стресе,\nТа си легна во постеља\nОт Ѓурѓевден до Петровден.\nТа си жнали нејни дружки\nТа си жнали и дожнали.\nНејни друшки си дожнаха,\nБела Пеца је умрела,\nДрушки от жетва си идат,\nА Пеца носат на гробот.\n----", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_239_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4393", "title": "Зборник на Миладиновци/ 240 песна", "text": "„С'нце, мило с'нце, постој почекај не!\nДур' да изминиме три гори зелени\nТри гори зелени, и три јаорои,\nИ три јаорои, и три јасенои,\nДа се преброиме, даљ сме сите тука.”\nС'нце и почуло, дури м' изминале\nТри гори зелени, и три јаорои,\nИ три јаорои, и три јасенои.\nСе преброале три јунаци немало;\nПрви јунак немат Марко Кралевике,\nВтори јунак немат Секула Детенце,\nТреки јунак немат Јанкула Војвода.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_240_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4384", "title": "Зборник на Миладиновци/ Јана", "text": "Седнала је Јана на малата врата\nПод белата лоза; Ем си седит Јана,\nШарен гергеф везит, дробни солѕи ронит,\nСвоја мајко к'лнит: „На душа ти, мајко,\nШто ти даде мене мошне на далеку,\nПрек' девет планини, кај овца не блеит,\nКај петел не пеит, за љут кесеџиа,\nЗа љут кесеџиа, велик арамиа.\nДење ми се, мајко, порти затворени,\nДевет ми се, мајко, сите закључени;\nНоке ми сет, мајко, сите отворени.\nСекоа вечер, мајко, тој мене ми носит,\nТој мене ми носит крвави кошули.\nОна вечер, мајко, тој мене донесол,\nТој мене донесол струнени дисаки,\nВо дисаки, мајко, зелена долама,\nВо долама, мајко, от јунака глава,\nСо се десна р'ка. Глава му приличат\nНа моето брата, от левенти Георгија;\nПрстенот му пеит: левент Георгиа.”\nУште Јана, речот не дорекла,\nЕте го најмалиот брат нејѕе велеше:\n„Ајде Јано, ајде на свадба да доиш,\nБрата ке жениме, сестра ке м'жиме!”\n„Чекај, брате, чекај, цвеке да соберам,\nЦвеке да соберам, свешта да усучам.”\n„Ајде Јано, ајде, зашто ти је свека?”\n„Треба, брате, треба, за кого ке венчат.\nЧекај, брате, чекај, погача да месам\nПогача да месам, вино да наточам!”\n,,Ајде, Јано, ајде, зашто ти је вино?”\n„Требит, брате, требит, да однесам поклон.\nПостој, брате, постој, уште да те праштам\nОште да те праштам, што руба да земам,\nДаљ црно, црвено дали ал ѓувезно?”\nКинисала Јана по своего брата,\nТа измина девет вишнине планине,\nИспеала Јана девет кралски песми;\nЗавлезе в десета, је обмириса темјан:\n„Постој малу, брате, темјан ми мирисат.”\n„Ајде, Јано, ајде, сега се венчават.”\nТа зачула Јана мајкини гласеви:\n„Што сет оние ,брате, мајкини гла'севи?”\n„Ајде Јано, ајде, зелен венец виет.”\nПо погледна Јана нат герамиди згора\nНат герамиди згора траба бело платно.\nКога дома дојде што да видит Јана.!\nМилиот је братот спрострен во стрет кука!\nТогај викна Јана: „О леле да бога!\nКога немам брате, нејку ни да живја!”\nРечта не дорече в часот Јана падна,\nВчасот Јана падна, падна и си зајде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B0", "word_count": 327, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4394", "title": "Зборник на Миладиновци/ 241 песна", "text": "Два се змеа на планина збиле,\nОт сила ми м'тен Дунав течит,\nКрај му бие у Будина града,\nВо Будина у темна з'ндана.\nТамо лежит Грујо лудо дете,\nШто ми лежел до девет години,\nНа paмo му пиле соколово;\nЛице грубит, пиле да го ранит,\nОчи точит, да го вода поит;\n„Расти, пиле, расти да порастиш!\nКе те пуштам мојте рамни дворје,\nДа и видиш да ли и познааш?”\nМу говори пиле Соколово:\n„Ај ти тебе Грујо, лудо дете!\nИ да појдам дворје не познаам.”\nИ тој на пиле му говорит:\n„Ај ти тебе пиле соколово!\nСами ми се дворје бележити,\nСтреде дворје имам бела чешма,\nДо чешмата една бела лоза,\nДо лозата една криво дрво”\nОт тук стана пиле да отлета,\nДа отиде во негови дворје.\nДворје ми је трева пообраси,\nБела лоза ми се исушила,\nИ чешмата ми се исушила,\nИ дрвото ми се пресушило.\nШто имаше до три кукаици;\nЕдна кукат от вечер на вечер,\nДруга кукат от утро на утро,\nТреќа кукат к'таден, к'таден.\nОт тук стана пиле да отиде,\nДа отиде во темна з'ндана,\nВо з'ндана, при Грујо лудо дете;\nСе застоја на јуначко рамо,\nМу прикажвит за три кукаици:\n„Една кукат от утро на утро,\nДруга кукат от вечер на вечер,\nТрека кукат к'таден, к'таден.”\nМу roворит Грујо лудо дете:\n„Што ми кукат от вечер на вечер,\nТаја ми је моја прва љуба;\nТа што кукат от утро на утро,\nТаја ми је моја мила сестра;\nТа што кукат к'таден, к'таден,\nТаја ми је моја мила мајка.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_241_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 263, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4395", "title": "Зборник на Миладиновци/ 242 песна", "text": "Сношти моме го свршие, леле мале,\nСе свило моме, та умрело;\nМи дочуло лудо младо,\nЈавна коња да си идет;\nИде, иде, до полп'ти,\nСе сви коња, да ми пукна.\nСедна лудо да го плачит,\nНе велеше леле коњу,\nТук' велеше леле моме.\nИде, иде до селото,\nИ ми најде два гробари,\nГробари ми rpoп пpaee;\nИ им велит лудо младо:\n„А егиди два гробари!\nЗа ошто го гроп праите,\nАљ за старо, аљ за младо?\nАљ за женско, аљ за машко?”\nМу рекое два гробари:\n,,Hи за старо, ни за младо,\nЗ' едно моме посвршено?”\nТога рече лудо млада:\n„Ова моме је моето.”\nИ викнало да ми плачит;\nНе велеше леле мале,\nТук' велеше леле моме,\nЛеле моме прва љубов!\nАлал чини бела риза,\nАлал ти је злати прстен!”\nСе простие обајцата.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_242_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 134, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4398", "title": "Зборник на Миладиновци/ 245 песна", "text": "Седнала Анѓа крај Дунаф,\nБело ми платно белеше,\nДунафа ми го к'лнеше:\n„Дунафе, бели Дунафе,\nАј да би ми се исушил!\nЗашт' ми г' удаи брата ми\nМоиот братец Стојан,\nСо се хиљада сватои,\nСо девет рала т'пани,\nСо десет рала зилии,\nСам Стојан млад зеташин.\nСо се премлада нееста”.\nДунаф је лепо вореше:\n„Егиди Анѓо девојко!\nШто ми го к'лниш Дунафа?\nШто не го к'лниш душмана,\nШто стори тешка магиа,\nТа ти г' удаи брата ти\nСо се хиљада сватои,\nСам Стојан млади зеташин,\nСо се премлада нееста.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_245_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4401", "title": "Зборник на Миладиновци/ 248 песна", "text": "На планина до два снега\nПот планина два извора,\nПот изворје ладна сенка,\nПот сенката ј унак лежит\nС куршум удрен в полоина.\nДва сокола нат глава му,\nКоњот врзан за евлата,\nКоњот 'ржит, не се држит;\n„Стани, стани а стопане!\nФрли нога в узенгиа,\nТвоја мајка жалоита,\nТук те барат дење, нoќe\nОт меана на меана,\nДа не јадиш да не пиеш\nCo japaни, пријатели,\nКако адет што имаше.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_248_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 70, "cyrillic": 0.986}
{"id": "4396", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Бојана (2)", "text": "Попитал Стојан Бојана,\nБојана мајка не дават,\nСама Бојана го сакат.\nКога Бојана питаше!\nВишњи черешни садее,\nКога Бојана посврши,\nВишни черешни цутее;\nКога Бојана земеа,\nВишни черешни зобее;\nКога с Бојана идее,\nВишни черешни зобее,\nБојане во скут фрлее;\n„Зобај, Бојана неесто!”\nОдее, што ми одее,\nНис трномечки л'гои;\nСе запна киска ракитка\nЗа Бојаната марама.\nНикај Бојана не виде,\nСам је Миленко догледа;\nСи сегна в бели пазуи,\nИзвади фрушки ножина;\nСп'лзнале му се ножина,\nБојане в грло втонее;\nНикај Бојана не виде.\nОдее, шта ми одее,\nБојана лепо вореше:\n„Егиди бела братими!\nАљ је далеко селото?”\nБратими лепо ја ворет:\n„Егиди млада невесто!\nСегде братими сме биле,\nКак тебе не сме виделе!”\nОдее, што ми одее,\nКрај село ми приближее;\nБојана лепо и ворит:\n„Братими, бела братими!\nАљ је далеку куќата?”\nБратими лепо је ворет:\n„Егиди млада невесто!\nКрај куки сме приблизале.”\nСпуштила ми се свекрва,\nОтфрли дулак шарени\nДа видит Боја фалена.\nТога је ворит невеста:\n„Мајко ле, мила мајка ле!\nНе гледај лице убово,\nТук' гледај ми го срцево;\nБоја ке млада загинит;\nПостели мека постеља,!”\nБоја от коња сметнае,\nЈа кладое на постеља,\nБоја си млада загина.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%91%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%282%29", "word_count": 195, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4397", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и Бојана (3)", "text": "Стојан ми свадба дочина,\nВ село се свадба зачина,\nСтојана кум го кание,\nСтојан Бојана нар'чвит:\n„Бојана, бела Бојана!\nЈас ке си ода на свадба,\nТебе ке дама остаам:\nТри фурни лебец да месиш,\nТри с'жни дрва д' изгориш,\nИ тоар бела борина;\nДевет погачи да месиш,\nИ девет бели преснеѕи,\nТри ока памук д' истребиш,\nКутел ореи д' истребиш,\nПресни јаболка д' ољупиш,\nЈагне сугаре д' испечиш.\nКога ке доет сватои,\nТи на п'т да ме пречекаш,\nДа фатиш ора наколу.”\nКако је Стојан нар'ча,\nСи нош Бојано ми седе;\nТри фурни лебец измеси,\nТри с'жни дрва изгори,\nИ тоар бела борина,\nДевет погачи измеси,\nИ девет бели преснеѕи,\nТри ока памбук испреде,\nЈатки ореи истреби,\nПресни јаболка ољупи,\nЈагне сугаре испечи;\nУшт' немат Стојан да дојдит.\nТога је дремка надоли,\nТога говорит Бојано:\n„Мајка ле, мила мајка ле!\nКе влеза в ода' шарена,\nКе легна да cи пpecпиa,\nКога ке Стојан де идет,\nТи мене да ме разбудиш,\nСтојана да го пречека.”\nМи се измами Бојано,\nСи легна да си преспие.\nКолку Бојано ми легна\nЕте го Стојан де идет;\nСвирци, т'пани по него;\nТри вити ора прет него;\nПрвото ора јунаци,\nВторото ора неести,\nТрекото ора девојки.\nСтојан ми кљукат на порта:\n„Излези, бела Бојано,\nИзлези порти д' твориш!”\nНе ми излезе Бојано,\nТуку м' излезе мајка му,\nМајка му порти отвори.\nСтојан је лепо вореше:\n„Мајка ле, мила мајка ле!\nКамо је бела Бојано,\nТаја да порти отворит,\nДа фатит ора наколу?”\nБог ми ја убил мајка му!\n„Егиди синко Стојане!\nБојано ти је в одаа\nС твоите бели шегарки,\nСи нош Бојано играла\nИграла и си пеала.”\nСтојан се љуто наљути,\nПојде в шарена одаа,\nБојано најде заспана;\nОтфрли јорган шарена;\nБојано роса фатило;\nСи сегна бели џепеи\nИзвади риза зетоска,\nУбо је лице избриса,\nС неведе и ја целива;\nСи сегна. в бели пазуи,\nИзвади фрушки ножеи,\nБојано. ми ја загуби.\nТога говорит мајка му:\n„Ослепел, синко Стојане;\nШто је ова чудо што стори!\nБојана не ти играла,\nТуку ти с' нош готвила,\nКак што је, синко, нар'ча,\nТака Бојано ти зготви.”\nСтојан је мајке вореше:\n„Егиди мајка проклета,!\nЖаљај ми сега две добра,\nКако ке ја жаљат мајка је,”\nСамо се себе загуби.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D0%91%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%283%29", "word_count": 377, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4400", "title": "Зборник на Миладиновци/ 247 песна", "text": "Три се танци вијат пот Будина града;\nПрви танец водит лична Ангелина,\nВтори танец водит млада Јанкулица,\nТреки танец водит млада Секулица,\nКога поглеале нат Будина града,\nТри се орли вијат нат Будина града;\nПрви орел носит от јунака глава,\nГлава носит со сета самур калпака;\nВтори орел носит от јунака р'ка;\nСо се мор долама, со се бурма прстен,\nТреки орел носит от јунака нога\nОт јунака нога со се ж'лти скорни.\nТој што ми носит јунакоа глава,\nТој је падна Ангелина на рамена,\nИ глава догаѓат, како Богданоа\nКакo Богданоа нејѕин мили брата.\nТој што носеше р'ка от јунака,\nТој је падна Јанкулица на рамена;\nР'ка ми догаѓат како Јанкулоа.\nТој што падна Секуличини рамена,\nНога му догаѓат како Секулоа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_247_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4402", "title": "Зборник на Миладиновци/ 249 песна", "text": "Израстло ми дрво дафиново\nНо стреде небо, на стреде земја;\nИ со вишина небо фтасало,\nИ со ширина земја покрило.\nПод дрео ми је сирак Геортија;\nС нога го лељат негова мајка\nС нога го лељат, песма му пеит:\n„Нани ми, нани сирак Георгија!\nТи да ми растиш и да порастиш\nТа ке те пуштам на горна земја,\nНа горна земја на мирна земја,\nТи да ми видиш која доба је,\nАли је есен, есен Митровден,\nАко је есен, есен Митровден,\nДа ми набериш два грозда грозје,\nДва грозда грозје, два синамбеља.\nТи да ми видиш која доба је,\nАли ј е пролет, пролет Ѓургевден,\nТи да ми скиниш два класа жито,\nДва класа жито бела чеинца\nТи да ми видиш која доба је,\nАко је пролет, пролет Петровден,.\nДа ми набериш секакво цвеке,\nБело црвено, рамен босиљок,\nШто ми го носет све јуначина,\nСве јуначина пот фесоите,\nА девојките во пазуите,\nА дечината во р'чината.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_249_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 157, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4404", "title": "Зборник на Миладиновци/ Магда невеста и Арапин", "text": "Здодеа ми се, Магдо неесто,\nГори одешти, билки берешти,\nБилки берешти, тебе леквешти;”\n„Ни в гори одај, црн Арапино,\nНи билки бери, ни мени лекви.\nЈас не сум болна от божја болес,\nТуку сум болна от твој страои;\nКога си овде, страф ми от тебе,\nКог' не си овде, жал ми за тебе,\nКога да јавниш белаго коња,\nТа да ми одиш на рамно поле,\nKoњ ми белеит, како бел голап,\nА ти црнеиш како црн голап;\nНе прилегвиме еден за други.”\n„Егиди мори Магдо неесто!\nКако прилегвит црна муниста\nЦрна муниста на бело грло,\nТак прилегваме еден за други.”\n„Егиди море црн Арапино!\nБисер прилегвит на бело грло,\nЦрна муниста на калугери,\nНа калугери црна бројници;\nНе прилегаме, црн Арапино,\nНе прилегаме еден за други.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B4%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%B8_%D0%90%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D0%BD", "word_count": 126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4405", "title": "Зборник на Миладиновци/ 252 песна", "text": "Работаф си за година,\nГодина непогодена!\nСи постекоф за хиљада,\nПуста незгодна година!\nТа си купиф шарен туфеч,\nСе погоди дождевлиа,\nНе 'рѓоса шарен туфек\nСи работаф две години,\nГодина непогодена!\nСи постекоф две хиљади,\nПуста незгодна година!\nТа си купиф брза коња,\nСе погоди бутурлиа,\nТа ми пукна брза коња,\nСи работаф три години,\nГодина непогодена!\nСи кинасаф да си ида,\nПуста незгодна година!\nШто требаше се си купиф\nСе си купиф, ке се жена;\nСе погоди мор година.\nТа си појдоф на виљает,\nСите моми изумреле,\nСи останаф неженето.\nСе зачудиф црн сиромаф,\nАљ калугер да се сторам,\nИ манастир да си ода;\nНигде земја не ме земат.\nТатко немам, мајка немам,\nБрата немам, сестра немам,\nПуста алој да си плачам;\nКе работаф не погодиф,\nС'ра идет да с' удаам,”\nПак му дојде арен ангел,\nНе дави се, тук калугери се.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_252_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 144, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4403", "title": "Зборник на Миладиновци/ 250 песна", "text": "Посвршил се дели Димо,\nБела Јана от Авлана,\nШто си прстен прстенвало,\nА на прстен сто дукати,\nЈана назот му вратила,\nКошулица копринвна,\nСо бисер је поднизана,\nСо дукати покитења.\nДошло коа, лепо време,\nКе ми оит дели Димо\nДели Димо от Солуна\nДа ми оит во Авлана\nДа ми земат бела Јана.\nМи напраил коњска кола,\nПо кола се сто сватои.\nДимо коња разиграло,\nТа ми падна војни копје,\nСе убоди бело срце.\nСе чудеет сто сватои,\nАли назот да се вратет,\nАљ по неста да си одет.\nИ го клале коњска кола,\nГо покрие со јапанџак,\nОтидое во Авлана,\nЈа зедое бело Јана,\nЈа кладое в коњска кола.\nИ оделе, што оделе,\nКрај црква се приблизале,\nТ'пан удрил жаљоито;\nБела Јана је притекна,\nПоткренала јапанџакот,\nШто да видит чудно чудо!\nДели Димо загубено,\nИ си сегна во џепои,\nСи извади фрушко ноже,\nСама себе се загуби.\nОтворие коњска кола,\nДа извает зет, нееста,\nЗет, нееста да венчает;\nГледет оба загинае,\nОбата и закопае.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_250_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 166, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4399", "title": "Зборник на Миладиновци/ Тодорина", "text": "А Тодорина сиротина\nСираче си останала,\nИ без татка и без мајка,\nИ без брата и без сестра.\nВујчеи ја изгледале,\nСтричеи ја посвршиле\nТри месеци на далеку,\nЗа да одет на првиче.\nДојде коа, дојде време,\nДа земает Тодорина.\nИ је дојде нejsин свекор,\nШто је седна на перница,\nИ је рече нејѕин свекор:\n„А Тодора, снао мила!\nЈас сум дошло со сватои,\nАли можиш коњ да јааш?\nАљ на ноѕе ке ми идеш?\nАко олку си ми болна,\nКе те носам дури дома,\nНе т' остаам у стричеи.”\nТодорина нему зборвит,\nHи co очи му се пулит,\nИ је пушти побратими,\nТие да ја опитает,\nАли можиш да им идеш.\nПобратими је рекое:\n„Зборви, зборви а Тодоро!\nМие овде не сме дошле,\nДа видиме ваше село\nВаше село, ваша кука,\nТук сме дошле за нееста\nЗа нееста да земаме.\nАли можиш коњ да јааш?\n,Аљ на ноѕе ке ни идеш?”\nТодорина не им зборвит,\nНи со очи им се пулит.\nГо пуштие нејѕиното\nНејѕиното мило момче;\nИ је рече мило момче:\n„А Тодора, прва милос!\nКако мене ке ме пратиш,\nДа си одам без нееста,\nТи овдека ке ми седиш?”\nТодорина отгоори:\n„Гајле немај, мила момче,\nНе те пушта без нееста;\nТук' не зборвам со татка ти,\nИ со твојте побратими,\nЗа да дојдиш обаица,\nОбаица да зборвиме,\nМие да се опростиме;\nОти имат три години,\nОт како сме посвршени,\nС очи сме се не виделе.\nЈас ке умрам, ке загинам,\nТук побарај во џепеи,\nЗемај ми и клучевите,\nТа откључи шарен ковчег,\nДа извадиш мое руво,\nМое руво неестинско,\nПроменете бела Неда\nБела Неда братучеда,\nДа не одиш без нееста.”\nЈе зедое кључеите,\nИзвадие бело руво,\nПроменае бела Неда.\nКога Неда променае\nТодорина душа даде;\nКога Неда венчавае,\nТодорина закопае.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 293, "cyrillic": 0.997}
{"id": "4407", "title": "Зборник на Миладиновци/ 254 песна", "text": "Што си биле два брата родени,\nКинисале на пуста чужина,\nДа ми стечат пapи да донесат.\nМи стојале до девет години,\nСтекоа девет товари хазно.\nСи тргнаа дома да си идат,\nМи појдоа в зелена ливада,\nМи седнаа двајца да се бричат;\nМи имале една пуста сабја,\nХазно дељат си го поделиа,\nНа сабјата дељба не се чинит;\nПа истргна помалиот брат,\nМи го закла постариот брат.\nМи отговоре постариот брат:\n„Ајти мој помалечок брате!\nКако дома сега ке си поиш,\nКако на мајка ти ке је кажиш!”\nСе нажали на помалиот брат,\nИ истргна таа остра сабја,\nИ ми се закла тој сам себе.\nШто ми рекол постариот брат:\n„А ти горо, ти зелена горо!\nКој тука ке дојдит да му речиш,\nПоловин хазно в цркви да даит,\nЧетири товари тој да земит,\nЕден тоар мајке да и даит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_254_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 140, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4413", "title": "Зборник на Миладиновци/ Рада", "text": "Заспала ми је галена Рада,\nЗаспала ми је на висок чардак\nНа висок чардак в шарена ода;\nМандии лајат, дрвари врват.\nРадини дружки Рада викает:\n„Стани ми, стани галена Радо!\nДа залеиме студнана вода!”\nРадина мајка Рада скориват:\n„Стани, ми стани, галена Радо!\nТук' те викает твоите дружки,\nДа ми оите на студна вода.”\nРадини дружки на вода беа,\nЗалеја вода и си дојдоа,\nГалена Рада уште ми спиет.\nРадина мајка крави молѕеше,\n„Стани ми, стани галена Рада!\nТвоите дружки на вода беа,\nНа вода беа и си дојдоа!”\nКага се качи на висок чардак,\nКога ми отскри шарени јорган,\nШчо да ми видит! Рада заклана;\nЦрните очи мрежа ватиле,\nБелото грло, крф исипано.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 114, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4406", "title": "Зборник на Миладиновци/ 253 песна", "text": "Платно ткаит Стојна Србинка\nПлатно ми ткает брдо ковчено,\nБрдо ковчено, ниски восокни,\nПлатно ми ткает и љуто к'лнит:\n„Дегиди платно, а бело платно!\nДа те искаам, да те избељам,\nТа да те кројам девет покрои,\nДевет покрои на мој девери!”\nИ ми дочула мила свекрва,\nТога је рече мила свекрва:\n„Егиди мори Стојна Србинке!\nШто лошо виде от твој девери,\nШто толку љуто и проколна?\nДа не ми кроиш девет покрои\nДевет покрои за твој девери,\nДа си и кроиш за девет брака,\nЗа девет брака девет покрои!”\nТога је рече Стојна Србинка:\n„Егиди мајко, а мила мајко!\nКак да не к'лнам мојте девери?\nЕво ми имат девет години,\nКако сум дошла во ваша кука,\nНе ме однесле у мила мајка.”\nТога је рече мила свекрва:\n„Ког' си сакала у мила мајка,\nШто не му речиш на твојот свекор\nДа те однесит у мила мајка\nУ мила мајка, при девет браќа?\nАј иск'пи си м'шконо дете,\nИ умеси си бела погача,\nКе те носиме у мила мајка.”\nКолку иск'пи м'шконо дете,\nИ си умеси бела погача,\nИ си натокми два брзи коња,\nДа ми ја носит нејѕини свекор;\nАбер је дојде от девет брака,\nИ загубиле на силна војска.\nТа си го крои белото платно,\nНи доткаено, ни избелено,\nДевет покрои за девет брака.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_253_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 221, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4409", "title": "Зборник на Миладиновци/ 256 песна", "text": "„Стани Радо, стани, огин да навалиш,\nОгин да навалиш, к'ндило запалиш,\nТи да ми напоеш девет сиви коња,\nЕм да ги напоеш, ем да ги назобеш,\nЕм да ги оседлаш, ем да ги престегнеш,\nОти ке си појдам рано сос кириа,\nКе товарам, Радо, девет товари свита,\nКе си појдам, Радо, во града Софиа.”\nТогај нему веле та хубава Рада:\n„Лежи Стојан, лежи, уште си је рано,\nПетли што си пеат ми се л'жовити,\nКалдарми што трескат, не се кираџии,\nНе сет кираџии, тук сет арамии.”\nИ тогај ми веле тој млада Стојан:\n„Стани Радо, стани, стани да не станиш!\nЗашт јас ке си појдам, неможам да стигнам.”\nТогај се на Рада мошне нажалило,\nТа си стана Рада, огин си навали,\nК'ндило запали, слезе в коњушници,\nСи искара Рада девет сиви коњи,\nНапој ги, назоби, оружи, престегна;\nТа се свали Стојан, си товари свита\nСи товари свита, отиде в Софиа.\nТогај го је Рада љуто прок'лнала:\n„Ток' да одиш, Стојан, да не ми се врниш,\nДо скора да дојдат твоите абери!”\nПа киниса Стојан, дојде до стрет п'тот,\nЛели излезеа злине арамии,\nГо удриха Стојан и го пресечеха,\nТовари растовареха, коња варнаха,\nКоњи дома дојдоха без товари без стопан.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_256_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 204, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4411", "title": "Зборник на Миладиновци/ 258 песна", "text": "Мори Недо, бела Недо!\nВетер дует нат селото,\nРоса росит пот селото,\nЧума мрие низ селото.\nСите чуле разбегале,\nБела Неда не је чула,\nНе је чула, ни разбрала.\nНеда ткае тенко платно\nТенко платно бел бурунџук,\nКенар клава сухо злато.\nТогај веле нејна мајка:\n„Мори Недо, бела Недо,\nБела Недо, милно чедо!\nДаљ си чула и разбрала\nЧума бие у селото,\nСите чуле разбегале,\nАјде, Недо, да бегаме,\nДан' загиниш оште млада\nОште млада и зелена,\nНа младос ненаситена,\nНа рухо ненаносена,\nНа оро ненаиграна.”\nТогај веле бела Неда,\n„Бегај, мале, јас не бегам,\nЕла верно ти се мољам,\nКо ќе умрам, моја мале,\nДа направиш нат гробот ми,\nНат глава шарена чешма,\nНа ноѕе високо дрво,\nНа ноѕе зелен кипарис.\nКој ке дојде, мила мале,\nВода да ми се напие,\nИ пот сенка да ми седне,\nИ да рече бог да прости\nТаја душа што загина.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_258_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 148, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4410", "title": "Зборник на Миладиновци/ 257 песна", "text": "„Стојане, сино на мајка!\nСакам нешто да те питам,\nСакам право да ми кажиш,\nДаљ ти је мила невеста,\nДаљ ти је, сино, во срце?\nСтојан и веле говоре;\nВарај мале, стара мале!\nТебе л'жа не требува,\nМошне је мила невеста,\nИ мошне ми је во срце;\nДаљ дека је оште млада\nОште млада от недеља,\nЕљ дека је от богата к'шта,\nЕљ дека је от голем род.\nЕљ, дек' је от многу брака.”\nВеле неговата мајка:\n„Лељ ти је мила невеста,\nЛељ ти толку в срце влегла,\nЈас ке се, сину, отрујам.”\nТогај веле млада Стојан:\n„Варај мале, стара мале!\nЗошто ке се ти отруеш,\nД' отрујам моја невеста;\nНевеста се пак наожде,\nА мајка не се наожде.”\nТогај мајка се рашенила,\nСи купи љута отрова,\nТа си дојде, та си отру\nСи отру млада невеста;\nКак идаде отрувачка,\nВода истури, стомни скрши.\nСе провикна невестата:\n„Стојан, моја прва љубов!\nШто скоро на мен' се насити;\nОт бога да најде мајка ти,\nШто ми даде љута отрова;\nСкоро вода, или вино!”\nМи се спуигги млада Стојан,\nСтомна барат, стомна немат,\nВода барат, вода немат,\nВино брка, не се најде.\nСе спушти от новата чешма,\nСи свали капа от глава,\nСи наполни студна вода;\nДури да си дојде дома,\nНељ умрела невестата.\nКа си виде млада Стојан,\nТа си јузе остро ноже,\nТа си удри в клето срце;\nНа местото душа дало,\nЕднош само проговори:\n„От бога, мале, да најдеш!\nНаходи се, нашири се,\nКат' без снаха и без сина;\nКа ке плаче нејна мајка,\nКа ке плаче за невесга,\nИ ти да плачиш за сина.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_257_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 269, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4412", "title": "Зборник на Миладиновци/ Стојан и сестра му Проја", "text": "Ој Стојане, бре Стојање!\nДали знаиш паметуваш\nКога беше бре ск'пиата,\nСк'пиата, гладиата,\nКило жито ока стребро,\nОка брашно цел карагрош!\nСтојан има девет деца\nДевет деца сите м'шгки.\nПара немат половница,\nДа си ранит девет деца\nДевет деца сите м'шни.\nСестра имат бела Проја,\nПребогата со сточупда,\nСтока имат бела чејнца\nЧеница девет амбари.\nШто отиде сиромашец,\nСестре је се помољует,\n„Дај ми, сестро, кутел жито,\nЕли, сестро, шиник просо,\nДа изранам девет деца\nДевет деца, твојте мнуци!”\n„Ој Стојане, мили брате!\nАј појди си на друмои,\nПречекај си силен карван\nЧетири стотини м'ски,\nДа измери бела чејнца,\nОт што ке ти престанит,\nТебе от тоа ке ти дадам.”\nСи отиде сиромашец,\nСи пречека силен карван\nCилeн карван пусти м'ски,\nИ доведе в рамни дворје,\nСи тоари бела чејнца;\nИспрати млади кираџии.\n„Ејди брате, бре Стојане!\nНе престана едно зрно.”\nЗеде врека на рамена,\nОтиде на река Ситница,\nСи наполни дробна песок,\nСи донесе своја кука.\nГо видоа девет деца,\nЗатрчаа при татха си,\nДеца гладни, голи, боси,\nДа им даит ченичица.\nИм истури дробна песок;\nСи зобаа дробен песок,\nКак зобаа, так треснаа.\nИм ископа еден гробец,\nСи закопа девет деца;\nПушка зеде на рамена,\nСи излезе арамиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0_%D0%BC%D1%83_%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%B0", "word_count": 206, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4408", "title": "Зборник на Миладиновци/ 255 песна", "text": "Јано ле, Јано, хубава Јано!\nУбава Јана платно си ткае\nПлатно си ткае в нејната тета\nТенкото платно, бурунџуклиа,\nКенарето му се сухо злато.\nРазбојо крца, дури зборува:\n„Јано ле, Јано, хубава Јано!\nПлатно ти ткаеш в твојата тета,\nСвекрва ти от рид на рид оде,\nНа рит оде змиа си брка,\nЗмиа си брка змиа љутица,\nРибник да прави, рибник јагуљник,\nТебе ке викат, ти да си ручаш;\nТи да и речиш, ја сум ручала,\nВ мојата тета бела погача\nБела погача, пресно cиpeњe.\nОт бог да најде твоја свекрва!\nОна си нашла змиа љутица,\nТа ја направи рибник, јагуљник,\nИ го понесе за да се пече,\nТа си дојде тебе да те викат:\n„Ела Јано, снао, да ручаме!”\nЈана и веле, ем и говоре:\n„Оди си, мале, и си ручајте,\nЈа сум ручала, в мојата тета,\nБела погача, пресно сирење:”\nОт бога да најде твоја свекрва\nТвоја свекрва, врла душманка,\nШто га е скрило за вечерата.\nК'де је било и замркнало,\nДојде си време за вечарата.\nНели си дојде убава Јана,\nИ да се кладе да вечерајат,\nХубава Јана мошне атарџија,\nАтар не крши на свекрвата,\nТа си зафати да си вечера;\nПрв залак апна и душа даде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_255_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 201, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4414", "title": "Зборник на Миладиновци/ 261 песна", "text": "Разболела се убаа Јана.\nКој ќе поит по Јанина мајка,\n3а да ја викнит Јанина мајка?\nИди ми, иди, Jaнини девер,\nИди ми викни Јанина мајка,\nНемој је кажи, туку ја лажи:\n„Ајде ми, ајде, Јанина мајка!\nПовила ти је убава Јана\nПовила ти је м'шконо дете.”\nОтиде брго нејзе је каза;\nЈанина мајка нему му рекла:\n„Постој, почекај, Јанина деверу,\nЈас д'а си влезам в земни килери,\nДа си изваам свилни пелени\nСвилни пелени, ибришим повој.”\nИ ја почека Јанинин девер,\nТа и си влезе в земни килери,\nИ си изваде,свилни пeлeни,\nСвилни пелени, ибришим повој;\nИ кинисале да ми одат.\nИ ми оделе, што ми оделе,\nИ достигнале к'де пол-п'ти,\nЈе примириса восок и темјан:\n„Ејгиди, рече, Јанин деверче!\nШто ми мирисат восок и темјан?”\nИ тој је рече, се отгоори:\n„Ајде побрзај, Јанина мајка!”\nИ ми оделе, ми приблизале,\nИ се задале м'гли пракои,\nПо м'гли идат тешки носила,\nНа носилата та убаа Јана,\nПрет носилата јагне раначе,\nПрет Јана оит, за Јана блеит.\nПо Јана одат Јанина золва,\nПо Јана одат, негја ја плачит;\n,,Ој Јана, Јано, еј мила снахо!\nКој ке ми плетит ситната леса,\nСитно плетана, често редена!”\nНејзина мајка тука примират,\nТука примират, одвај оживјат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_261_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 210, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4462", "title": "Зборник на Миладиновци/ 262 песна", "text": "Везала Јана бела махрама,\nВреме везала девет години,\nНе је стигнало свила коприна,\nСвила коприна и сухо злато.\nЈа прок'лнала Јанина мајка:\n„Еј Јано, Јано, еј мила керко!\nНавезала је, не кердосала,\nНи кука збрала, ни чедо стекла,\nДури не појдиш кај црно море,\nДа ми чуеш где риба пеит,\nГде риба пеит, где мрамор ѕунит.”\nКако ја Јана мајка прок'лна,\nТака ја Јана клетва ватила,\nНавезала је, не кердосала,\nНи кука збрала, ни чедо стекла.\nИ ми отишла, кај црно море,\nДа и ми чуло где риба пеит\nГде риба пеит, где мрамор ѕунит.\nДа и си зела камен мраморен\nДа го носила девет месеци;\nКамен повила, камен развила,\nКамен пак камен, студен пак студен.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_262_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 118, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4464", "title": "Зборник на Миладиновци/ 263 песна", "text": "Што ми се белеи, лелеит?\nЕли ми је бели шатор?\nЕљ ми је грутка снежовца?\nЕљ ми је соколово пиле,\nЕли ми је бело платно?\nЕли ми је руди овен?\nДа је грутка снежовица,\nОт с'нце ке скопнеше;\nДá да ми је бело платно,\nЛељ ке го девојка зберит;\nДа је соколово пиле,\nДаљ ке пиле отлеташе;\nДá да ми је овен руди,\nДá лели ке в поле слезит;\nТуку било бели шатор,\nА пот него Болен Дојчин;\nКрај него сестр' Ангелина:”\n„Ајти сестро Ангелино,\nЗеми с'да, та начекај,\nНачекај от мојте paни,\nТа растури по п'тишта,\nПо п'тишта, по све друмја,\nДонеси лекоита вода,\nДа измиам моите рани.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_263_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 113, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4465", "title": "Зборник на Миладиновци/ 264 песна", "text": "Попитал Стојан бела Бојана,\nСтојан ја питат, брат ја не дават;\nСтојан бекрија лудоделиа:\n„Отруј брата ти, бела Бојана,\nОтруј брата ти, земи ме мене.”\nОтруло би гo, Стојане море\n,,Отруло би го, немам со ошто.”\n„Ја да ти кажам, бела Бојана,\nАјде појди си от осој в осој,\nТи да фати си две љути змии.\nЕдна осојна, друга присојна;\nДа преврзи и со зелен гајтан,\nДа преврзи и со зелен гајтан,\nЈаор ке цутит, јадот ке капит;\nДа си начекаш во зелен вилџан,\nДа да му даиш да се напиет.”\nИ си ватила две љути змии,\nИ преврзала со зелен гајтан,\nИ преврлила на зелен јаор,\nЈаор ми цутел, јадот ми капел;\nИ начекала во зелен вилџан,\nБрату подала да се напиет:\n„Напи се, брате, љута ракиа!”\n„Напи се, сестро, ти си постара!”\n„Напи се, брате, госпот је постар!”\nКолку се напи от коња падна,\nОт коња пацна на ножот удре\nНа ножот удре, и часот умре.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_264_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 158, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4469", "title": "Зборник на Миладиновци/ 266 песна", "text": "„О мори Стано Додоа!\nШто н' го жените Никола?”\n„Мислиме да го жениме,\nСешто c` имаме готоо:\nШикла шошница полна ченица,\nИ ј ас си ј ада и селоi даам,\nПак се надеам свадба да чинам,\nПак ме викает сиромаф,\nПопот ми керка не дават!\nОт жаба нога цела пастарма,\nИ јас си јада, и в село даам,\nПак се надеам свадба да чинам;\nПак ме викает сиромаф,\nПопот ми керка не дават!\nЦевка бурило полно со вино,\nИ јас си пиј ам, и в село даам,\nПак се надеам свадба да чинам;\nПак ме викает сиромаф,\nПопот ми керка не дават!\nОт глуфче меше полно со мавца,\nИ јас си јадам, и в село даам,\nПак се надеам свадба да чинам;\nПак ме викает сиромаф,\nПопот ми керка не дават!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_266_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 131, "cyrillic": 0.992}
{"id": "4468", "title": "Зборник на Миладиновци/ 265 песна", "text": "Стојане, море Стојане!\nШто ј е ова чудо от тебе,\nОт таја пуста тамбура!\nМоми си парти фрлие,\nНевести разбој скршиа,\nСтарите фурки здробиа!\nИ ми станае сељани,\nКренаа тешка давиа,\nОјдоа дур при кадиа:\n„Егиди млади кадиа!\nЕљ суди како се судит,\nЕли кажи ни поборго.\nШто је ова чудо големо\nОт левенего Стојана,\nОт таја пуста тамбура!\nМоми си парти фрлие,\nНевести разбој скршиа,\nСтарите фурки здробиа!”\nКадиа пушти сејмени,\nМи го кренае Стојана.\nСтојан би умен, разумен,\nСтојан си зеде тамбура,\nИ зеде овен најарен,\nСи ојде дур при кадиа:\n„Кадиа, море кадиа!\nШто си допуштил по мене?”\nМу фрли овен во дворје,\nСи удри пуста тамбура.\nСтана кадиа да играт,\nСи фрли биниш в камара,\nСи фули шапка на греди;\nКадиа лепо му зборвит:\n„Стојане, море Стојане!\nЧини си, как си чинило,\nСвири си, как си свирило.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_265_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4473", "title": "Зборник на Миладиновци/ 268 песна", "text": "„Каљо, мори Каљо! Што не одиш на гости?”\n„Чичо, море, чичо! со кого да одам?”\n,,Каљо, мори Каљо! лели имаш момче.”\n„Чичо, море, чичо! Ке сум зела момче!\nЧичо, море, чичо! Ко д' отворам ношви,\nИ ми велит: мајко меси ми кравајче!\nЧичо, море чичо, јас му вељам: немам;\nТа не сум ти мајка, а мај го не фтасал;\nТуку сум ти жена, желка ти во грло.\nКога д' идам на вода, и тој идет по мене,\nИ ми велит: мајко напи ме водица!\nТа не сум ти мајка, а мај го не фтасал,\nТуку сум ти жена, желка ти во грло,", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_268_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4475", "title": "Зборник на Миладиновци/ 269 песна", "text": "Посадил ми дедо рамен бел босиљок,\nНа онаја рида, рида бес вода.\nМу се научиа до две малки моми,\nБосиљок да берет, штета да му чинет,\nМи се затскри дедо зад свеклои перја.\nПовтур ми дојдоа до две малки моми,\nБосиљок да кинет, штета да му чинет.\nСе спушти дедо, ја фати Стојна;\nСтојна му велит: „пушти ме, дедо,\nПушти ме, дедо, ја сум ти мнука.”\n„Кога си ми мнука, што бараше тука,\nБосиљок да бериш, штета да ми чиниш?”\nЈа пушти Стојна, ја фати Доста;\nДоста ми је мала, л'га та не знаит,\nТуку му велит: „пушти ме дедо,\nКе донесам мајка, бела и црвена,\nМорска к'дана.” И дедо је велит:\n„Кога имам млада, чуму ми је стара?”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_269_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4471", "title": "Зборник на Миладиновци/ 267 песна", "text": "Забораиф да се жена,\nДур ми чичо наспомена,\nИ си прегнаф четворткола,\nЧетворткола, два биола;\nТа си појдоф во Сочани,\nСи ја зедоф Шавар Дуда.\nСи кинисаф да си ида;\nИдеф, идеф до полп'ти,\nСекоа дола, скрши кола,\nСекоа рида пукни вола,\nЈа донесоф дури дома.\nШавар Дуда ми привика:\n„А свекрво магарице!\nРаспраи ми к'тиштата,\nОти дојдоф добро в куки;\nДонеси ми три киселци\nТри киселци ужвеници,\nА четири прошеници;\nДонеси ми до три кобли\nДо три кобли пресно млеко,\nДа си јадам, да си сркам.”\nИ станала свекрва је,\nЈе донесла три киселци\nТри киселци ужвеници,\nА четири прошеници,\nИ три кобли пресно млеко.\nМалу што си напраила,\nКолку чука на планина;\nМалу вода што пуштила,\nЗавртиле девет окна\nДевет окна водеинци,\nА десето ваљаици.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_267_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 129, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4485", "title": "Зборник на Миладиновци/ 274 песна", "text": "Попу една, мене две,\nПоп се срдит, а ја не;\nПоп си фати патерица,\nЈа си фатиф секирица;\nПоп помавна, ја го удриф;\nПоп побегна, ја се скриф,\nТука види кој је криф.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_274_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4489", "title": "Зборник на Миладиновци/ 276 песна", "text": "Шарена Анѓо, писана,\nМесила Анѓа коматат,\nМи го однесла на гумно.\nКркнала жаба в коматот,\nСите фатие вилите,\nПопот ми фати штежерот;\nСите фатие в осојот,\nПопот ми фати присојот;\nСите ми велет жаба је,\nПопот ми велит мечка је.\nСите дојдое со круши,\nПопот ми дојде без уши;\nСите дојдое со плочи,\nПопот ми дојде бес очи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_276_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4494", "title": "Зборник на Миладиновци/ 278 песна", "text": ",,,,Тинтано моме, Тинтано!\nАљ си напрела вретено?”\n„Напрела сум го, напрела\nМоето ми го вретенце,\nЗа три години предено,\nАма сум си го продала,\nНа пуста штура меана\nЗа пусто вино црвено.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_278_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4478", "title": "Зборник на Миладиновци/ 270 песна", "text": "Посадила зелен пипер\nПот гора, пот вода,\nПот три мости камнени.\nКамнени мост не нишај се,\nМене мајка не ме дават за тебе.\nМи пуштила шута коза,\nДан ке пипер ми испасит,\nДан ке пипер рот ми родит,\nПот гора, пот вода,\nПот три мости камнени;\nКамнени мост не нишај се,\nЛудо млада не надеј се,\nМене мајка не ме дават за тебе.\nМи пуштила диви волка,\nДан ке коза ми потерат,\nДан ке пипер ми го пасит\nДан ке пипер рот ми родит,\nПот гора, пот вода,\nПот три мости камнени;\nКамнени мост не нишај се,\nЛудо млада не надеј се,\nМене мајка не ме дават за тебе.\nМи пуштила црни бумбар,\nДан ке волка ми го дупнит,\nДан ке волк ми коза терат,\nДан ке коза пипер пасит,\nДан ке пипер рот ми родит,\nПот гора, пот вода,\nПот три моста камнена;\nКамнени мост не нишај се,\nЛудо младо не надеј се;\nМене мајка не ме дават за тебе.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_270_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 161, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4483", "title": "Зборник на Миладиновци/ 273 песна", "text": "Отбегнала ми Петкана\nДури в зелени ливаге;\nСелата трчет по неа:\n„Постој, Петкано, почекај!\nШто је ова чудо от тебе,\nШто бегаш дури в ливагe?\nОт кого имаш кабает?”\n„Сељани, брака ротени,\nЈа да ви кажам, прикажам;\nКабает имат големи,\nОт помладего девера.\nКога сум дошла невеста.\nНего сум нашла малечек,\nСо нога сум го лељала,\nСо кравајче сум го ранила.\nТога ми велит: Петкано!\nАј да се оба земиме!\nЗа тоа бегам от него\nДур в зеленине ливаге.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_273_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4480", "title": "Зборник на Миладиновци/ 271 песна", "text": "Старец дељба делеше\nСо утарче борина,\nИ делеше момите,\nСтарите на младите,\nИ младдѕте на стари.\n'Семте даде по мома,\nСтаро зеде две моми.\nПрвата ми велеше:\n„Ајде да го пуштиме\nДа го пупггтцие на вода,\nВода да го понесит\nТак да старо губиме.”\nГо пуштиа на вода,\nПак излегое две моми,\nДа видет старецот\nДан' го вода понесе.\nЕте старо де идет\nВо леица ведрото,\nВо десница кресница.\nПак се чудет две моми,\nКак да старо загубет!\nПак си зборвет дае моми,\nВтората ми велеше:\n„Да го пуштиме на дрва,\nДан' ке го мечка изедит.”\nПак излегое две моми,\nДа гo старо видеет,\nДан го мечка изеде.\nЕтог' старо де идет,\nМагаре терат прет себе,\nМечка носит по себе.\nПак си зборвет две моми:\n„Вода не го понесе,\nМечка не ro изеде,\nАјде да го љубиме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_271_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 137, "cyrillic": 0.993}
{"id": "4492", "title": "Зборник на Миладиновци/ 277 песна", "text": "Имам жена работна,\nЧесто куќа метеше,\nНа трети ден, на пети ден,\nНа окулу метеше,\nСтрет куки го береше,\nНего ми го вадеше,\nДа ми растет печурки,\nДа ми месит печурници.\nКога дојде Велигден,\nСо глаата в ношвите,\nСо ноѕете в пепелта,\nСо устата в бочвата.\nКога дојде Велигден\nМи немаше кошуља.\nИ ја си се зачудиф,\nТа си појдоф в планина,\nНабраф каље габрои,\nНабраф пр'ке смрекои,\nТá је сплетоф кошуља,\nЈа променаф жената,\nЈа изваиф на оро,\nСит' играе по клекум,\nА мој ата по просум;\nКољето је дупее,\nПр'кето је плускее,\nИ краците водени.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_277_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4488", "title": "Зборник на Миладиновци/ 275 песна", "text": "Предите, прелки, предите,\nДа ом'жиме Дремуша.”\nДремуша дремит крај оган,\nДремуша мајке велеше:\n„За кого, мајко, за кого,\nЗа кого ке ме ом'жиш.”\n„З' овчара, керко, з' овчара\nЗ' овчара ке те ом'жам,\nДа јадиш кисело млеко.”\n„Нејкум го, мајко, овчара,\nТој имат многу работа;\nТуку го сакам орача,\nШто јадит бели погачи,\nШто пиет вино црвено,\nИ прељутана ракиа.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_275_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4481", "title": "Зборник на Миладиновци/ 272 песна", "text": "Перет моми на Пелиор,\nОрат старо во градина,\nСо два вола со плужница.\nСе распули пусто старо,\nИ догледа до две моми,\nК'де перет на Пелиор.\nТрчат старо скокаештем.\nСкокаештем, играештем,\nМи отиде при момите;\nТога зборвит кутро старо:\n„Земајте ме, мили моми!”\nПак му зборвет до две моми:\n„Море старо гурељоо!\nАј појди си дури дома,\nИзгори си плужницата,\nЗапали си кукицата,\nДојди вамо, да те зејме.”\nТрчат старо играештем,\nИграештем, скокаештем,\nСи отиде дур дома си,\nСи изгоре плужницата,\nСи запали кукицата.\nТрчат старо играештем,\nСкокаештем, летаештем,\nСи отиде при момитe:\n„Земајте ме, мили моми!\nСи изгориф плужницата,\nСи запалиф кукицата.”\nПак му зборвет до две моми:\n„Море старо гурељоо!\nПак дома ти да си појдиш,\nЗаколи си до два вола,\nДојди назот да те зејме.”\nТрчат старо играештем\nИграештем, скокаештем,\nСи заколи до два вола.\nТрчат старо при момите;\nПак им велит кутро старо:\n„Земајте ме, мили моми!\nСи заколиф до два вола.”\nПак му зборвет до две моми:\n„Бегај тамо, море старо,\nМоре старо гурељоо!\nШто изгоре плужницата,\nШто запали кукицата,\nШто си закла до два вола,\nБегај тамо, витосај се!\nЧуму ти се до две моми?”\nВикна старо да ми плачит:\n„Леле, леле плужницата!\nЈа сиромаф кукицата!\nДур до бога волоите!”\nБегат старо по колена,\nПо колена, по носички.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_272_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 215, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4498", "title": "Зборник на Миладиновци/ 280 песна", "text": "„Перунице девојче!\nНе стој, не стој на брегот,\nБрек се ронит ке падниш!\nГовори Перуница:\n„Ејди лудо и младо!\nАко паднам да умрам,\nАсана да не зеам.\nАсан одит на војска,\nТ'нка пушка однеси,\nЛастагарка донеси;\nЧифт пиштоли однеси,\nКоледачки донеси;\nОстра сабја однеси,\nСамар штица донеси;\nКутел пари однеси,\nШиник воппiи донеси.”\nГовори лудо младо:\n„Перунице девојче!\nБрек се рони, ке падниш!”\n„Ако падна от брегот\nНа долу, има з' ошто.”\nПадна и се отепа,\nАсана го не зеде,\nПерунице девојче.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_280_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4499", "title": "Зборник на Миладиновци/ 281 песна", "text": "Собрале се, набрале се\nСедумдесет и сет мина\nИ сет мина арамии.\nПрви беше куси Петко,\nКуси Петко шатрум-патрум,\nНа четири патерици;\nИ по него касапчето\nКасапчето Прилепчето,\nДва кодоша от вароша,\nЧукни-т'пан М'жоечки,\nВрти-калец, Сено-косец,\nСуши-сливи от Долени,\nПрди-зелка, Црни-лишки.\nМавни-вила от Могила,\nПоп Никола от Битоља ...", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_281_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4495", "title": "Зборник на Миладиновци/ 279 песна", "text": "Заборавин да се жена.\nПрела баба три вретена,\nС чудом стоех, да се чуде\nДа се чуде што да и чине.\nОднесла и на пазарот,\nПродала и по три пари\nПо три пари, девет пари.\nС чудо стое што да и чине,\nКупила си еден дедо,\nПеда чоек, лакот брада,\nПа го зави в цедилката,\nОднеси го дури дома\nДури дома на оџакот.\nНавалила силен оган,\nПа си прсна пуста искра,\nИспрли му брадичката.\nПа свари му казан чорба.\nНасркај го, најади го,\nИзнесе го на стрет село\nВо стрет село да се боре.\nНикој нема да се најме,\nСо дедото да се боре;\nНајмело се кусо петле,\nГрабнало се со дедото;\nНи тој пада, ни тој пада;\nОт дедото крви течат,\nОт петлето пердуф лета.\nА што беше кусо петле!\nИскарај му десно окце,\nНадвило му кусо петле.\nПак дедото сака борба\nИспаднала стара жала,\nГрабнала се со дедото,\nИзгризало десно уше,\nПа надвила на дедото.\nПак дедото сака борба.\nИзлегло му едно орле,\nГрабнало се со дедото,\nПа го дигна со се опинци,\nОднесе го на седело,\nНарани си негој пилци,\nФати баба да го бркат\nДа го брка, да си плаче,\nДа си вика со гласове:\n„Камо ми го пеливанот!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_279_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 203, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4501", "title": "Зборник на Миладиновци/ 282 песна", "text": "„Петкано бела Вардарко,\nЕјгиди црно отбрано\nВо сто тоари чеинца\nВо Вардар цвеке секакво!\nБери, Петкано, дá носи.”\n„Како да берам, да носам?\nCиноќ сум била на свадба,\nСите момчина на танец,\nМоето аро в пепелта;\nСите момчина биниши,\nМоето момче кожуфче;\nСите момчина калпаци,\nМоето аро шапчиште;\nСите момчина тозлуци,\nМоето аро опинци;\nСите момчина шалвари,\nМоето аро бечвишта;\nОчите му се в бочвата,\nР'цете му се в ношвите.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_282_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4508", "title": "Зборник на Миладиновци/ 285 песна", "text": "Невеста момче фалеше,\nИмам момче работно,\nНа ден бразда ораше,\nВо недељата лехичка,\nИ в месецот погонче,\nА в годината нивичка,\nТам дека момче ораше,\nПуста го дремка нападна,\nЗакачи рало стрет нива.\nПустотo рало крушево,\nДур да се момче разбуди,\nПустото рало никнало.\nДало си круши здреани.\nКога се момче разбуди,\nЗдрели се круши најаде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_285_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4505", "title": "Зборник на Миладиновци/ 284 песна", "text": "Момче невеста фалеше,\nИмам невеста работна,\nНа ден си нишка тегнеше,\nВ недеља к'деља вретенце,\nИ во месецот пасменце,\nВо годината платненце.\nТам дека мома предеше,\nТешка је дремка нападна;\nБутнала фурка в пепелот,\nДа легна мома, да заспа.\nПустата фурка дренова,\nДури се мома разбуди,\nПустата фурка никнала,\nРодила дренки здреани.\nКога се мома разбуди,\nЗдрели се дренки назоба.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_284_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4511", "title": "Зборник на Миладиновци/ 287 песна", "text": "„Стани, жено, фрк к'дела!”\n„Поспи, поспи, мили м'жу,\nЗмија фучит во к'деља,\nСмок се вие на вретено.”\n„Стани, жено, фрк попара!”\n„Така, така, мили м'жу!\nБог да прости кој те родил!”\nИ ми стана опалена,\nДа ми сркат фрк попара.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_287_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 44, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4509", "title": "Зборник на Миладиновци/ 286 песна", "text": "„Цоно, мори Цоно,\nМајчина к'дано,\nТејкава Солтано!\nШто по поле бегаш\nГола гологлава,\nБоса, распашана?”\nИ она им веле,\nВеле и говоре:\n„Варај, варај дружки,\nВарај мили дружки!\nДаљ сте чуле, дружки,\nЧуле и разбрале,\nВ село што је дошол\nСелски аберџиа,\nМомин вергиџиа:\nДецата си фрле\nМомите си годе,\nIIохарната мома\nЗа полошо момче;\nА на мене, дружки,\nЕдно старо харо,\nМече грдуљаво,\nКуче трескуљаво,\nНа р'ка му легнам,\nКато на бел камен\nПазухи му бркам\nКато во к'пина.\nБрадата ме боди,\nКато ежовина;\nДихо ми мириса,\nКато прчовина.\nГиди лудо младо,\nГиди росно грозде!\nНа р'ка му легниш,\nКато на перница;\nПазухи му бркаш,\nКато во коприна;\nЛицето му бело,\nЛицето му меко,\nКато тулип памбук,\nДухот му мирише,\nНа ран бел босиљок.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_286_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 129, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4514", "title": "Зборник на Миладиновци/ 288 песна", "text": "Удрила ме попадиа\nСо полено по колено,\nДа ми беше нешто жена,\nЖаљба не ми беше;\nОбула је ж'лти чевли\nНа крастаи ноѕе;\nОпасала свилен појас\nНа криви к'лкои.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_288_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 31, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4516", "title": "Зборник на Миладиновци/ 289 песна", "text": "Шила Ѓурѓа д'лга саја,\nЃурѓа мори,\nОт Митровден до Ѓурѓовден,\nДванадесет терзифчина,\nТринадесет шегарчина,\nИ пак саја не шиена.\nКога дојде ден Велигден,\nСите моми променати,\nСите моми с д'лги саја,\nБела Ѓурѓа што к'таден.\nКоје беше оженато,\nЖената си оставаше,\nТук да земит бела Ѓурѓа;\nКоје беше неженато,\nПушката си продаваше,\nТук да земит бела Ѓурѓа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_289_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4504", "title": "Зборник на Миладиновци/ 283 песна", "text": "Кога мама умираше,\nА тја мене зар'чеше,\nНиско либе да не љуба,\nНито ниско, ни високо.\nАз заљубих пусто либе,\nДедо харо кожухаро,\nШапката му три дни д'лга,\nТри дни д'лга, ден широка,\nПеда човек, лакот брада.\nАз отидох в градината,\nСи го најдов в латината,\nГде се бори с мравунците;\nПусти мравки се от горе,\nА либето се от долу.\nАз го узех в престилката,\nТа го турнах в к'шти в к'тот;\nФрнка искра изгори го;\nАз го турнах в подводникот,\nКапна капка удави го;\nАз го турнах на полица,\nЗахлупих го под паница.\nДојде мишка завлечи го,\nПратих котка довлечи го.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_283_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 108, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4525", "title": "Зборник на Миладиновци/ 294 песна", "text": "Заспала мома крај море\nПот една гранка маслинка;\nПовеа ветер от море,\nОткршил гранка маслинка,\nГо удри моме по грло,\nМоме се от сон разбуди,\nМоме ми љуто прок'лна;\nЕгиди ветер Меглене!\nЗашто ме от сон разбуди,\nНикога да не повеиш!\nШто голем сон си догледаф:\nНа сон минее три луди,\nПрвото лудо што мина,\nТој ми потфрли јаболко,\nПозелен да је от него;\nВторото лудо што мина,\nТој ми потфрли злат прстен,\nНиз нега да се провирет;\nТрекото лудо што мина,\nТој ме на соне целива,\nСо мене да се кердосат.!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_294_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4523", "title": "Зборник на Миладиновци/ 293 песна", "text": "Момо, как си тенко и високо,\nУште де си црнооко,\nНа мноѕина треска даваш\nКому два дни кому три дни,\nА бекару три години.\nГо исуши го пресуши,\nГо направи суо дрео,\nСуо дрео јаороо;\nДа' го фрлиш в силен оган,\nДа се сторит дробна пепел,\nДа го сеиш во градина,\nДа израстит рамн' босиљок,\nБосиљок, киска цвеке,\nДа го берат девојките,\nДа го носет в пазуите.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_293_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4529", "title": "Зборник на Миладиновци/ 296 песна", "text": "А Јоване домакине!\nАли спиеш, али пиеш?\nАко спиеш разбуди се,\nАко пиеш весели се;\nОти дошле страмни гости,\nМи те канет кум да бидиш\nКум да бидиш девет села,\nИ да кршташ и да венчаш.\nАк' не можиш сам да одиш,\nПушти си аманетчиа.\nПострамен ти глас донесле.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_296_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4531", "title": "Зборник на Миладиновци/ 297 песна", "text": "Садила мома крај море лозје,\nЛозје ми садит и песна пеит:\n„Хај лозје, лозје, се бело грозје!\nАљ да те сада, кој ке те јадит;\nИ ја си немам нигде никого,\nНи татка имам, ни мајка имам,\nНи брата имам, ни мила сестра;\nС'де си имам првата љубов,\nИ тоа ми ушло в пуста чужина\nПуста чужина, Арапска земја,\nМи заљубила црна Арапка,\nАрапка имам црна Арапче.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_297_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4537", "title": "Зборник на Миладиновци/ 300 песна", "text": "У кого си погледала, дуљберо,\nСекому си болес дала, назлио,\nКому два дни, кoмy три дни\nНа сиромаф шес месеци\nСум искинал шес постели,\nШес постели басмалии,\nТри јоргана чичиклии,\nТри перници кумашлии,\nТри душега беледии,\nШто не дојдиш да ме видиш,\nДа донесиш понадица,\nЛубеница от Струмница,\nСуво грозје от Солуна,\nЛеблебии от Софиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_300_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4527", "title": "Зборник на Миладиновци/ 295 песна", "text": "Брало мома зеленика\nВо два скута к'та-дена,\nМи увила зелен венец,\nНа венецот девет киски\nДевет киски босилкои,\nА д,есето потлескои.\nСирак јунак сеир чинит,\nДа се спушти је го грабна;\nЈе го грабна зелен венец.\nСе наљути љуто моме,\nЉуто колнит, солѕи ронит :\n,,Да би дал бог колку киски\nКолку киски на венецот,\nГолку града да обшеташ,\nСпет назат да се вратиш,\nПак во мојте рамни дворје,\nДа да речиiи: дај ми, моме,\nДај ми, моме, кључеите,\nДа откључам Пирга града,\nДа вида што имат н'тре?\nДо два старци ми седеа,\nЗбор зборвеа, строј стројаја.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_295_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4534", "title": "Зборник на Миладиновци/ 298 песна", "text": "Заимче, лудо спаивче!\nВ недеља дојде от војска,\nВ понделник ми се посврши,\nВо торник бој а ми пушти,\nЧетворток ми се ожена,\nВо петок ферман ти дојде,\nС'бота коњи поткоа,\nВ недеља ми се поготви,\nВ понделник да ми кинисаш,\nЗаимче, лудо спаивче!\nКому ке остаиш невеста\nСо црвен дулак на глава?", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_298_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4522", "title": "Зборник на Миладиновци/ 292 песна", "text": "Лел си фатифме, Јано, вера и к летва\nНи да се вршиш, - ни да се женам\nДур да си појдам, - пуста чужина,\nТамо ке седам, - седум години,\nКе си постеча, - седум хиљада;\nПрва хиљада, - руба ке праа,\nРуба ке праа, - руба за мене\nВтора хиљада, - руба за тебе\nТреќа хиљада, - фустан ке праа,\nФустан ке праа, - от шам кутиа;\nЧетверна хиљада, - биниш ке праа,\nПета хиљада, - појас ке праа,\nОт ока стребро, - полока злато\nШеста хиљада, - куки ке праа\nКуки сараи, - џамој пенџери\nСедумта хиљада, - коња ке кипам\nКоња ке купам, - вамо да идам.\nКога си дојдоф, - тебе те најдоф,\nПусто свршена, - неом'жена\nК'де се згодиф, - кум да ти бида\nКум да ти бида - да те венчаа!\nСо кои ноѕе, - кум да кинисам,\nСо кои р'це, - венци да менвам,\nСо која уста, - да помолитвам!\nУста ми велит, - да се кердосаш,\nСрце ми велит, - да н' се кердосаш.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_292_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 150, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4519", "title": "Зборник на Миладиновци/ 291 песна", "text": "Заљубиле се, душо, две луди млади,\nДве луди млади, - две аџамии;\nНе ми умеет, - как да се љубет;\nМома ја љубит, - со црни очи.\nЛудо го љубит - со суво грозје\nМи и дочула. - кучка м'штеа,\nТа ми прегнала - на Нови пазар,\nТа м' и однесла - горка зеера,\nТа ми отрула - две луди млади\nЛудо ми умре, - к'де пладнина,\nМома ми умре - кун квечерина\nТa ми дочула. - кучка м'штеа,\nТа ми прегнала - четво'рна кола,\nТа м' 'и однесла - меѓу два друма.\nМома закипа - меѓу два друма\nЛудо закопа, - меѓу три друмје.\nМома излезе - д'лга лозница,\nЛудо излезе - црвен трандафил;\nОд ошто љубов - што си имае,\nМома ми пушти - лоза кун лудо,\nЛудо ми пушти - мишка трандафил,\nМишка трандафил - кун мала мома.\nОт ошто љубов - што си имае,\nДвајцата млади - ми се здружие\nПак си дочула - кучка м'штеа,\nТа си отишла - дури дома је,\nИ та си зела - остроно сорче,\nТа ми отишла - меѓу два друма,\nТа си исекла - д'лга лозница;\nПак си отиде - меѓу три друмје\nТа ми исекла, - црвен трандафил.\nТа ми отишла - дури дома си,\nТа ми завали - два силн' огнеи,\nТа ми изгоре - д'лга лозница,\nТа ми изгоре - црвен трапдафил,\nТа ми се стори - белана пепел.\nТа је собрала - белана пепел,\nТа ја фрлила - во градинчето;\nТа ми излезе - рамен босиљок,\nШто ми го носет - све јуначина,\nСве јуначина - пот фесоине,\nА девојкине - во пазуине,\nА дечинана - во р'чинана.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_291_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 240, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4518", "title": "Зборник на Миладиновци/ 290 песна", "text": "Шетнала се калеш Ѓурѓа,\nЃурѓа мори,\nОд чинарот до бунарот,\nСи загина срма колан.\nМи помина лудо младо,\nТој ми најде срма колан.\nЃурѓа му се милно молит,\nлудо море.\n„Ејди лудо аџамиа!\nДан' ми најде срма колан?”\n„Жими тебе, жив да сум ти,\nЃурѓа мори;\nНе сум, не сум, не сум нашло,\nАк' сум нашло срма колан,\nДа се виткам како него\nНа твојата половина.”\nСе прошета калеш Ѓурѓа\nОт чинарот до бунарот,\nСи ѕагина коан ѓердан.\nИ намина лудо младо,\nТој ми најде коан ѓердан.\nЃурѓа му се милно молит,\nлудо море.\n„Ејди лудо аџамиа!\nДан' ми најде коан ѓердан?”\n„Не сум, не сум, не сум нашло,\nЃурѓо мори!\nАко сакаш ти се к'лнам,\nЖими тебе, жив да сум ти!\nАк' сум нашло коан ѓердан,\nДа ти висам како него\nНа твоето бела грло.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_290_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 137, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4535", "title": "Зборник на Миладиновци/ 299 песна", "text": "Немој Нешо, добро, немој спи пот дренот!\nТи се фаљат, Нешо, до два до три лудо,\nДо дво до три лудо, до дво три лудо,\nКе те носат, Нешо, на врф на планина,\nПот бука голема. пот сенка широка,\nНа трева зелена, крај вода студена;\nКе те кољат, добро, како рудо јагне,\nКе соберат, добро, два товара трески,\nКе запаљат, добро, до дво силни огној,\nКе те печат, Нешо. како рудо јагне,\nКе се сториш, Нешо, како ситна пепел,\nСеа ке доит, Нешо, твоја мила мајка,\nА ке плачит, добро, до бога ке викат,\nТа. дојдоа, Нешо, твои мила друшки,\nТе собраа, добро, све во скутниците,\nИзораа, добро, два загона место,\nТе исадиа, добро, до свекакво цвеке,\nРамн' босиљок, Нешо, тá и ал карафил.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_299_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 124, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4544", "title": "Зборник на Миладиновци/ 303 песна", "text": "Влаинче дворје метеше,\nИ со Сондефче зборвеше;\n„Сондефче, мило хубаво!\nДа не го виде момчето!”\n„Влаинче лепо, хубаво!\nИди питај го вујка ти,\nСношти си дошол от пазар.\n„Вујче ле, мили вујче ле!\nДа не го виде момчето?”\n„Влаинче лепо, хубаво!\nМомчето беше на пазар,\nС момчиња камен фрљаше,\nС невести збор си чинеше.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_303_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4541", "title": "Зборник на Миладиновци/ 302 песна", "text": "Катерино, гиди малка мома!\n3апрусала мома Катерино,\n3апрусала като еребица,\n3агукала като гулабица,\nРазрушила таја руса коса\nПо нејната таа рамна става;\nИспуштила тие бела гашти,\nПо нејните тие бела пети.\nДогледа је едно лудо младо,\nДа и веле, веле и говоре:\n„Мори мома, мома Катерино,\nНим ме чини, мома Катерино,\nДа залудам, мома, да полудам,\nДа продадам, мома, да издадам\nСе што имам, мома, и што немам,\nТоку тебе, мома, да те земам.”\nТогај веле мома Катерино:\n„Море лудо, лудо да и младо!\nНе продавај, лудо, не издавај\nМајчиниа, лудо, татковнина,\nАко ти сум от бога писана,\nСама, лудо, дома ке ти дојдам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_302_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4539", "title": "Зборник на Миладиновци/ 301 песна", "text": "Неда седи на одарот,\nОдарот се лелееше,\nНедино грло белееше,\nЛицето и светееше,\nОчите и зрак даваха.\nЛевен Дељо стое, гледе\nСтое, гледе, пука, треска,\nНа Недо веле, говоре:\n„Свали се Недо, от чардакот,\nДан се качам, дан те сваљам?”\nНеда веле и говоре:\n„Море Дељо, левент Дељо,\nШто ти је жал, левент Дељо,\nОти седам на чардакот?”\nДељо веле и говоре:\n„Мори Недо, бела Недо,\nКапнало ти, бела Недо,\nКапнало ти бело лице;\nШто ти толку разбелело,\nНа слонцето надвелило;\nТвое лице се белее,\nМоја душа ми се лее.”\nНеда веле и говоре:\n„Што ти чинам, да ми к'лниш\nДа ми к'лниш мое лице?\nНемој к'лни, левент Дељо,\nНемој к'лни мое лице,\nПојди к'лни тељалката\nТељалката Пољанинска,\nШто продава драм белило.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_301_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 127, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4545", "title": "Зборник на Миладиновци/ 304 песна", "text": "К'д се је чуло видело,\nНат село река да течит,\nКрај река дрво бурово,\nБурово, тенко високо.\nТамо се бере соберот,\nМомите оро играјат,\nСтариците вино си пиат,\nЕргени облок си чинат:\n„Кој ке префрле дрвото\nС триесет глави јаболки,\nСос триста оки железо,\nТоа ке земе Ирина,\nИрина мома шенлива.”\nНаимна ерген не може,\nНаимна женет не може,\nНаимна 'довец, префрли,\nТој ке земе Ирина,\nИрина мома шенлива,\nВикна Ирина да плачит:\nОлеле, боже, до бога!\nШто ми ј е било пишано,\n'Довецо мома да земит,\nЕргени баби да земат.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_304_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4547", "title": "Зборник на Миладиновци/ 305 песна", "text": "Mилa Eнo, мила т'го,\nМила мајчина к'дано,\nСевдим тејкова Султано!\nОт Бога да најде мајка ти,\nЗдравје не видел башта ти,\nШто не те даде за мене!\nОтбираше, пребираше,\nСиромах не бендисаше,\nСиромах сум, бар јунак сум.\nНајде зенгин, тá те даде,\nИмање гнило буниште,\nКога је харо на к'тот,\nКога је чума на светот.\nКе идете, Ено, ке идете,\nКе идете негде на гости,\nНиз село ке поминете,\nКе излезе малко, големо,\nТурци, кауре да гледат,\nКе речат, Ено, ке речат;\n„Гледајте, море, видејте,\nКакво је аро напреди,\nС добра невеста по него,\nНе прилегала за него.”\nСирамах сум, бар јунак сум,\nНа унери унерџиа,\nНа камено баш тавџиа,\nНа песмите туркиџиа,\nКе идехме, Ено, ке идехме,\nКе идехме негде на гости,\nНиз село ке поминехме\nКе излезе малко големо,\nТурци, каури да гледат;\nКе речат, Ено, ке речат:\n„Гледајте малко големо,\nКаков је јунак напреди,\nДобра невеста по него,\nЈе прелагала за негo\nАлал му била на него.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_305_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 163, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4550", "title": "Зборник на Миладиновци/ 306 песна", "text": "„Еј девојко хубава,\nЕгиди пиле шарено,\nЕгиди јагне ранено!\nСеди да поседиме,\nГледи да погледиме,\nОти ке се разделиме,\nНа далеко ке идеме;\nТи в далеко во Петрове,\nУв тетини ти на госте”.\nОна му веле гoворе:\n„Егиди лудо, да младо!\nПродај си чуфте пиштоле,\nКупи си рало волове,\nОри си рамне дворове,\nСеј ми си, лудо, јадове;\nАк не ти никнат јадове\nМног ке се јадиш по мене.\nСеј ми си, лудо, ружинот,\nАк не ти никнит ружинот,\nМног' ке се ружиш по мене.\nСеј ми си, лудо, вртика,\nАк не ти никнит вртика,\nМног' ке се вртиш по мене.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_306_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4551", "title": "Зборник на Миладиновци/ 307 песна", "text": "„Марчо .ле, Марчо, Марие!\nЈас сношти пуштиф за тебе,\nОти не дојде до мене?”\nА она веле, говоре:\n„Еј море лудо, да младо,\nКенисах, лудо, да дојдам,\nНа п'т ме мене стретеа\nМајчините девет браќа,\nДевет брака, осум снаи,\nДванаесет мили мнуци,\nОт п'т мене ме врнаа.\nДури дома да си одам,\nДури врати да отворам,\nДур кандило да запалам,\nДури огин да навалам,\nДури вечера да зготвам,\nДури погача да месам,\nДури кокошка да печам,\nДостигнаха стројниците,\nНели мене армасаха.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_307_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4553", "title": "Зборник на Миладиновци/ 308 песна", "text": "Прошетах горе, прошетах долу,\nТоку да видам таја што сакам,\nТаја што сакам и што ме сакат,\nТаја што љубам и што ме љубит\nВидох га видох горна махала,\nГорна махала, в мала градина,\nКарафил граде, шебои праше.\nУмех, се чудех ка да и речам\nКа да ут речам, да ја позадрам,\nРекох и рекох „малка девојко,\nМалка девојко, блага јаболко!\nЈурвај ми, моме, солба босиљок,\nСолба босиљок, гранка карафил.\nЗа да закачам на бела чалма\nНа бела чалма, нат црни очи!”\nМома му веле, веле говоре:\n„Ако си ерген прескокни плетот\nПрескокни плетот, влези набери\nСтрана босиљок, товар карафил;\nАко си довец, мини, помини,\nМини, помини, по врага оди.”\nТога тл веле, веле, говоре:\n„Не сум си ерген, нити сум довец,\nТуку сум, моме, младо женено\nМладо женено, дá похарено,\nЉуба си љуба, харовно ода,\nIIo вонка кукла в к'шти панукла,\nВ к'шти си мете, буниште праве.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_308_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 150, "cyrillic": 0.993}
{"id": "4557", "title": "Зборник на Миладиновци/ 310 песна", "text": "Оф леле боже милечек!\nНе можа д' ода на пазар\nОт тие пусти бакали;\nЦрни маслинки давает,\nЦрни ми очи сакает.\nОф леле боже милечек!\nНе можа д' ода на вода\nОт тие пусти рибари;\nБели летници давает,\nБели ми р'це сакает.\nОф леле боже милечек!\nНе можа д' ода на фурна\nОт тие пусти симиди;\nБели симиди давает,\nБело ми лице сакает.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_310_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4562", "title": "Зборник на Миладиновци/ 312 песна", "text": "Јаглико моме, Јаглико!\nЈаглен је срце мајке ти,\nЖар и пепел на татка ти!\nЗашт' не те даде за мене,\nТуку те даде до мене\nДо мене на мој комшиа.\nКомшиа ми е баш душман,\nТатка ми ми го опрале,\nБрата ми ми го фатиле,\nИ на кол ми го удриле.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_312_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4555", "title": "Зборник на Миладиновци/ 309 песна", "text": "Три моми вода лејеет,\nДур јаор ми ко кршеет,\nДур јаор ми протоори:\n„Сељани, брака рогени!\nЕљ вода пресекнете ја,\nЕљ јаор пресечите го,\nЕљ моми омажете и.”\nСтанае кутри сељани,\nНи вода ја пресекнеа,\nНи јаор го пресекое,\nАук моми и посвршие,\nЕдната за кувенџиа,\nДругата за папуџиа,\nТреката за симиџиа,\nТаја што за папуџиа,\nКе носит чевли везани,\nТаја шта за кувенџиа,\nКе носит злати прстени,\nТаја што за симиџиа,\nКе јадит бели симиди.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_309_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4567", "title": "Зборник на Миладиновци/ 315 песна", "text": "Дали виде сон за мене,\nКак што видох ја за тебе?\nСе сторихме два гол'ба,\nЛетнахме, вишно, високо,\nНие токмо зевгарично\nСе качихме ливаѓата,\nБог да биет берачите,\nШто дојдоха не скорнаха.\nСи летнахме ние токмо,\nСе качихме на лозјето;\nБог да биет аргатите!\nШто дојдоха нè скорнаха.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_315_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4569", "title": "Зборник на Миладиновци/ 316 песна", "text": "„Стојно, мори Стојно!\nУтре ке ти дојда.”\n„Немуј, лудо, немуј,\nВаја вечер не иди.\nДојди, лудо, дојди,\nДојди утре вечер;\nМајка ке ми оди\nГорни воденици.\nОблак ќа ја вати,\nИ грат ќа заврни,\nПорој ќа ми стечи,\nМајка ќа остани,\nПа ти да ми дојдиш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_316_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4572", "title": "Зборник на Миладиновци/ 317 песна", "text": "Чие ет онова чупче\nОнде на ридо што седи\nНа ридо оданде реката,\nТурено каке колоната,\nФлорин носе на челото\nФлорин мамудиа.\nО мајко, мила мајко!\nКа да се става со неја,\nБолен да легна крај неја,\nИ здрав да стана от неја,\nКа трандафил во градина,\nКа горозве во планина.\nНе е било чупче за пилини,\nТоку е било Косинско невешче\nОно си има момче по чуждина,\nТамо седи кираџиа чека,\nДа не книга од него најди.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_317_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4565", "title": "Зборник на Миладиновци/ 314 песна", "text": "Де се чуло и видело\nНа сон мома да се кради\nМегу мајка, мегу татко,\nМегу девет нејни брака,\nМегу нејни осум снаи.\nПа ја зеа, ја носија\nЈа носија во ливади,\nДа удриа два чадора,\nЕден зелен, други червен.\nСе разбуди мала мома,\nОтговоре млада мома:\n„Море лудо, море младо!\nА подај ми фр'шко ноже\nДа посеча блага лапка,\nДа накисна моја уста;\nПа да одиш д' она чешма,\nДонеси ми ибрик вода,\nДа оладам мое срце.”\nСе измами лудо младо,\nПа си оде, взеде вода;\nСе умори мала мома.\nКа ми дојде лудо младо,\nК'де виде младо мома,\nСамо лудо се умори.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_314_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 106, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4560", "title": "Зборник на Миладиновци/ 311 песна", "text": "„Девојче ореоо ветче, босиљкоо кивче,\nНе врви ми низ дворје,\nНе мами ми сина, сина Костадина!”\n„О мори бабо стара, убил ми те господ!\nКој ти мамит сина, сина Костадина?\nМамет, ти го мамет, моите црни очи.”\n„Девојче ореоо ветче, босиљкоо кивче!\nНе врви ми низ дворје,\nНе мапит ми сина, сина Костадина!”\n„О мори бабо стара, убил ми те господ!\nКој ти мамит сина, сина Костадина,\nМамит, ти го мамит мое бело лице.”\n„Девојче, девојче, вишна и високо,\nК'пинаје кноко, це врви ми низ дворје,\nНе мами ми сина, сина Костадина.”\n„О мори бабо стара, убил ми те господ!\nКој ти мамит сина, cинa Костадина?\nМамит, ти го мамит мое бело грло.”\n„Девојче, девојче вишна и високо,\nКпинаје кноко, не врви ми низ дворје,\nНе мами ми сина, сина Костадина!\n„О мори стара бабо, убил ми те господ!\nКој ти мамит сина, сина Костадина?\nТебе ти го мамит мој а тонка стара.\nЗашто ми је, бабо, вишно и високо\nВишнo и високо, к'пиноје кноко.”\n„Девојче, девојче, вишна и високо!\nЈаска да се пула, и да се радва,\nКако не ми мамиш синa Костадина?\nТој рано ми станвит, на дуќан ми одит,\nТи порано станвиш, на вода ми одиш;\nНего ми го мамиш; на дукан ми седит,\nКрај дуќан му врвиш, него ми го мамиш.”\n„О мори бабо стара, убил ми те господ!\nЗар ти ниет имaш нас да н¢ отделиш!\nСмртта да те делит, тебе да те немат!\nАма ние двата в шарена одаа,\nВ шарена одаа, на мека постеља.\nНа лоши зборои полошо ке наиш;\nСина ти љуби го, а мене кроти ме.\nАко сакаш, бабо, век да си поминиш,\nАма мие двата не си се делиме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_311_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 281, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4575", "title": "Зборник на Миладиновци/ 319 песна", "text": "Мори девојко јарембице!\nНе пеј рано в зората;\nКоно си носа на вода,\nА коно вода не пие.\nОт твоите тонки гласови,\nШто гласиш рано в недеља,\nКога момчина в црква ода,\nКога девојки за вода ода.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_319_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4577", "title": "Зборник на Миладиновци/ 320 песна", "text": "Ја спули се, моме мала,\nНа ваја тука планина,\nШто м'гла има на неа?\nДа не ја речеш от бога\nТоку да речеш от мене,\nТова е мои здиови,\nШто здиа јаска за тебе,\n,А ке изгора крај тебе.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_320_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4579", "title": "Зборник на Миладиновци/ 321 песна", "text": "Ме изгора ме попари, бела червена,\nДур ме стори суво дерво, -\nДојде брат ти ме посече, -\nДа ме кладе на силен оган, -\nПа ме направи бела пепел, -\nМе раздаде на сапунџии, -\nДа ме праве раки сапун. -\nДа се мијат девојките, -\nДа миат бела образи. -,А ке изгора крај тебе.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_321_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4564", "title": "Зборник на Миладиновци/ Дона и Аго", "text": "„Что си метнала, Доне, Доне\nдевојко\nНа п'т под орјах,\nИ метнала си,\nЧомбер на глава?\nМајка си жалиш,\nБашта си жалиш?”\nДона си Агу\nТихо отговара:\n„Нали ма питаш,\nПраво да кажа;\nНи мајка жаља,\nНи башта жаља;\nТебе си жаља,\nКато штеш д' идеш\nНа пусти сефер;\nНе п`рлјага ли,\nИ ас с теб'д'ида\nНа пусти сефер?”\nАго си Дони,\nТихом говори:\n„Ас не јујдисва\nИ тис с'с мене,\nС'с мене д' идеш\nНа пусти сефер;\nЧе тамо кажет\nМногу с Турци,\nПовлече Грци,\nМен' штат погуби,\nТебе штат узе.”\nДена си Агу\nТихом говори:\n„И ас с'с тебе,\nАго, да ида;\nДене да ти с'м\nМладо сеихче,\nДа ти тимара\nДобрите коне\nБрзи атове;\nУтром да ти с'м\nМлат кавеџија,\nМлат чубукчија,\nКафе да вара,\nЧубук да пала;\nВечер да ти с'м\nБјала кад'на,\nДа ти постилам\nМеки душеци\nДа та зивавам\nС меки јургане.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%94%D0%BE%D0%BD%D0%B0_%D0%B8_%D0%90%D0%B3%D0%BE", "word_count": 159, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4582", "title": "Зборник на Миладиновци/ 322 песна", "text": "Море чупче малечко\nНе те знам чие си,\nДа ти купа драм белило,\nДрам белило и црвило,\nДа го тргаш на бело лице,\nТи да тргаш; јаска да се пулам,\nДа се пула, да се радва.\nДа ти купа шарен колан,\nДа го носиш на половина,\nТи да го носиш, јаска да те пула\nЈаска да се пула, и да се радва,\nДа ти купа чевли кондури,\nТи да ги носиш, ја да те пула\nДа те пулам, да се радвам.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_322_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4583", "title": "Зборник на Миладиновци/ 323 песна", "text": "Море лудо, море младо,\nЖенено си, или не си?\nАко не си оженено,\nОди седни на бунаро,\nТури фесо над окото\nИ киската на рамена,\nПиштолите на појасо,\nШарен туфек на колено,\nА сабјата на камено...", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_323_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4586", "title": "Зборник на Миладиновци/ 324 песна", "text": "Сношти ми е дошло мало Стамболче;\nШто абар донесе от Стамбола града?\nАбар ми донесе Стамбол се запали\nОт четири ст'рни, четири огневи.\nТиа не ми биле четири огневи,\nТоку ми биле четири панукли:\nЕдната ми бие све млади момчигна,\nДругата ми биет све млади девојки\nТреќата ми биет момчина женени,\nА другата биет невести м'жени.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_324_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4587", "title": "Зборник на Миладиновци/ 325 песна", "text": "Трака трука на. Вишина порта,\nДа излезе Виша Гркиња;\nНе излезе Виша Гркиња,\nТок излезе Вишината мајка.\n„Та што сакаш тука, море лудо,\nМоре лудо, младо неженено?”\n„Помина по тува Вишна да ја вида,\nЗборок да и реча, вино да донесе,\nЈаска ке и дада пари неброени,\nТаја да ми даде вино немерено.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_325_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4593", "title": "Зборник на Миладиновци/ 328 песна", "text": "Море момиченце м'нанко,\nВ кр'стта си тврде т'нанко,\nНе гледај доло и горе,\nНо гледај Банка в очите,\nЗа да те Банко испише\nНа турска бело хартиа.\nБанко ште да т' проводи,\nДа види татко и мама\nКакво с'м либе залибил,\nНа тојзи пусти виљает;\nСн'га му т'нка висока,\nЛице му бело, червено,\nВежди му черни гајтани,\nУста му чешка сребарна,\nОчи му черни череши.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_328_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4589", "title": "Зборник на Миладиновци/ 326 песна", "text": "Пијан идам от града,\nСтреќам мома в ливада,\nСи загреах коната,\nДа целувам момата.\nСпрсна мома да бега:\n„Чекај, моме, не бегај,\nТи си моја, па моја\nСношти сум бил на васка,\nИ на стол сум седнало,\nБлаго вино сум пило.\nКе молитвам мајка ти,\nКе блаосвам татка ти,\nПари немам да платам,\nПушка реим оставам,\nТебе не те оставам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_326_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4591", "title": "Зборник на Миладиновци/ 327 песна", "text": "„О соколче, пиленце шарено!\nЧто тја питам, право да ми кажеш,\nДа ми кажиш право, да не л'жиш,\nКој ти злати криље до рамена?\nКој ти сребри нозе до колење?\nКој ти сади трендафил на глава?”\nОтговара пиленце соколче:\n,,Нали питаш, право да ти кажа;\nЈа си имам до три мили сестри;\nПервата је у цара царица,\nВтората је у везир везирка,\nТретјата је у паша пашица.\nГдето ми је у цара царица,\nТја ми злати крило до рамена;\nГдето ми је у везир везирка,\nТја ми сребри нозе до колена:\nГдето ми је у паша пашица,\nТја ми сади трандафил на глава.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_327_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4603", "title": "Зборник на Миладиновци/ 333 песна", "text": "Мајко ле, мила мајка ле!\nПомина момче Дреновче,\nHa брза коња вгјааше,\nЛицето му се јаснеше,\nКако ламбада борина,\nПерчето му се вееше,\nКако је ковел в планина.\nЈа мене дај ме за него,\nАк не, ке бегам по него.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_333_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 40, "cyrillic": 0.975}
{"id": "4602", "title": "Зборник на Миладиновци/ 332 песна", "text": "Болно лежит мало моме,\nБолно лежит три месеци,\nМ'ка имат, т'га имат\nТ'га имат за лудото.\nПа говори мало моме\nМало моме на мајка си:\n„Ми се пиет студна вода,\nДа с' напиам, та да умрам;\nВикнете ми моето лудо,\nДа го видам, та да умрам.”\nПа си дошло лудо младо,\nГо видело, го целива,\nТифко нему проговара:\n„Јас за тебе си умирам.”\nУште речта не дорече,\nВ еднош моме си умрело.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_332_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4597", "title": "Зборник на Миладиновци/ 330 песна", "text": "Момкова мајка из дом излезла\nИз дам излезла, снаха да тражи;\nМного тражила и намерила,\nГде мома цвеке у китка бере:\n„Зашто ти, моме, та китка цвеке?\nДали за тебе, дали за либе.”\nО чужа мајка, аз либе немам,\nНо салт за мене, да ми мирише.”\n„А штеш ли, моме, да те аз земам\nЗа мого сина, за Костадина?\nУ него бахча хубава има,\nИ цвеке има да ми мирицте.”\n„О чужа мајка, што мене питаш?\nАз башта имам, ти него питај,\nАз мајка имам, ти неа питај;\nГдето ме дадат, ја с'м готова.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_330_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 95, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4608", "title": "Зборник на Миладиновци/ 336 песна", "text": "Што ми је срце тегнало\nБаш арамиа да бидам,\nЦрна кошуља да носам,\nЧифти пиштоли на појас,\nТонката пушка на рамо,\nОстрата сабја на лево;\nБаш арамиа да бида\nВо Мориовска планина\nСо сто ј педесет сејмени!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_336_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4599", "title": "Зборник на Миладиновци/ 331 песна", "text": "Заран ште ме рано на п'т да идеме\nПрез горат'а в село мома да годиме.\nНо послушај, синко, што шта да ти кажем\nПомни коги влезнеш у м'штини двори,\nДа не гледаш к'шта дали је голема.\nНо ти гледај, синко, дал је пометена;\nИ не гледај дрехи, ако мома има,\nОбеци и венци, шити р'каве;\nТова все не струва сал неколко гроши;\nНо ти гледај памет ако она имат.\nЗашт' това је, синко, голема имање.\nГолемо имање без довршување.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_331_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4604", "title": "Зборник на Миладиновци/ 334 песна", "text": "Петрице, моме Петрице!\nДеј гиди риба летнице,\nЦрвено от Охрит јаблко,\nПреспанска т'нка јагуља,\nБлибасансконо ноже,\nЈуручка топла погача,\nБитолско поле широко,\nТиквешка бела пченица,\nСолунско суво грозјенце,\nВоденска ширка црвена,\nНегошко вино убаво!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_334_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 35, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4607", "title": "Зборник на Миладиновци/ 335 песна", "text": "Дали је с'нце што рано огреват?\nДали је пагна co силнана војска?\nДали је кула меѓу два мајстора?\nДаљ је невеста меѓу два девера?\nДали је коња меѓу двана слуга?\nДали је оган меѓу два ридиа?\nДали ј е река меѓу двана брега? ...", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_335_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 44, "cyrillic": 0.977}
{"id": "4595", "title": "Зборник на Миладиновци/ 329 песна", "text": "Сношти станах с'нен, буден махмурен,\nТа попитах моја мајка м'штиха:\n„Пели ли с' први петли и втори?\nВикал ли је Селим хоџа на меџит?”\nОтговарја стара мајка м'штиха:\n„Не с' пели први петли, ни втори,\nОј ти тебе лудо младо, глупаво!\nН.е е викал Селим хоџа нá меџит.”\nАс не слушах моја мајка м'штиха,\nНо отидох в моите темни ах'ри,\nТа извадох моја коња хранена,\nОседлах го, обуздах го аз него,\nВоседнох го, припуснах го аз него,\nТа отидох на студени кладенци.\nТам намерих до три моми згодени,\nАз попитах до три моми згодени:\n„Гази ли са тази вода студена?\nКрши ли са таз калинка червена?\nЛибјат ли са до три моми згодени?”\nОтговарјат до три моми згодени:\n„Не са гази, т'зи вода студена,\nНе са крши таз калинка червена,\nНе са либат до три моми згодени.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_329_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 144, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4611", "title": "Зборник на Миладиновци/ 337 песна", "text": "„Стани ми Недо мори отвори\nМалата врата вратничка.\n,,Не мога дулбер, море, да стана\nМајка ми лежит до мене,\nВарлила р'ка, драги, врз мене;\nНе могу, драги море, сум мала,\nОт дванаесет години,\nНе могу, драги, диван да седа,\nНе могу, драги, чубук да паља.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_337_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4615", "title": "Зборник на Миладиновци/ 339 песна", "text": "Облак ми чиниле лудо ем девојка,\nНа едно да ми спиет три дни и три ноке,\nНа една рогузина, на една перница,\nДа не се задеват. Момчето таксало\nНејна брза коња; момата таксало\nСандок со прикиа. Момчето легнало,\nКа ми је заспало, като рудо јагне;\nМомата легнало, сон не ми ја фашта,\nТуку се расфрљат от рамо на рамо,\nТуку се расфрљат еме разговара:\n„Стани лудо, стани, ас с'м по'смеала,\nИ коњот је твојо, и ја с'м ти твоја.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_339_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4617", "title": "Зборник на Миладиновци/ 340 песна", "text": "Елено, моме Елено,\nЕлено пиле шарено!\nЧула си нешто разбрала,\nОт' болен лежа ке умра\nОт тешка болест неверна\nСо две куршуми удрено,\nНа десно рамо удрено,\nИ двете беа тељлии,\nНа тенка сирма нижани\nНа Оризарски чаири,\nНа бела Ружанска.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_340_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 41, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4619", "title": "Зборник на Миладиновци/ 341 песна", "text": "Се собрале, набрале\nСите моми Баровки\nНа Баровски гумништа,\nДа ми предет дарови,\nДа даруват сватови.\nЗаросила росата,\nИзбегае момите;\nПристанала росата,\nПак дојдоа момите\nСе фатиа на јоро\nДа ми игрет на јоро;\nСе фатила Митана.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_341_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4621", "title": "Зборник на Миладиновци/ 342 песна", "text": "Шетаф, шетаф низ гора зелена,\nШуркаф, шуркаф дробно пиле заљуба;\nНе си најдоф дробно пиле заљуба,\nТок си најдоф леденчици зелена,\nНа леденци едно ле дрво високо,\nНа дрвото црвено цвеке цутка,\nПод дрво шарена чешма студена,\nДо чешмата до три моми хубави,\nТоплата погача ручагја,\nИ студена вода си пиеа.\nПа помина едно ле старо грбаво,\nИм посака трово погача да ручат,\nМу рекоа до три моми хубави:\n„Ај от тука, едно старо грбаво!\nЗа тебе је 'ржен лебец непечен.”\nПа посака троа вода да пиет;\nМу рекоха до три моми хубави;\n„Ај от тука едно старо грбаво!\nЗа тебе је м'тна вода студена.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_342_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 106, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4627", "title": "Зборник на Миладиновци/ 345 песна", "text": "C нoќ седело мојето војник,\nКиски китело, бисер низало,\nКоњу на грива, себе на грло,\nНа м'шко дете, на тенка пушка,\nНа остра сабја, на чувт пиштоли,\nКоњ грива треси, бисер ми ронит;\n„Бре стои, коњу, грива не треси,\nГрива не треси, бисер не рони!\nЈас не те терам на силна војска,\nТуку те терам на лепа свадба,\nБрата ке женам, сестро ке м'жам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_345_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 66, "cyrillic": 0.985}
{"id": "4635", "title": "Зборник на Миладиновци/ 349 песна", "text": "Ајде Стојно, русо Стојно!\nТргај оро покрај мене,\nДа ти турам чаша вино,\nВо чашата злати прстен\nДа го носиш ден Велигден,\nПо Велигден ке те земам,\nПо Велигден празниците,\nДа не губам делниците.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_349_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 34, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4623", "title": "Зборник на Миладиновци/ 343 песна", "text": "Легнала левен Ѓурѓа заспала\nШироко поле, Ѓурѓа, крај море\nПод она дрво маслинка.\nПовеа силен ветер от море,\nСкршило гранка, Ѓурѓо, маслинка,\nУдрило мала мома по гр'ди.\nОт сон се мала мома разбуди,\nФатила мала мома да плачит,\nОт срце мала мома да к'лнит:\n„Дегиди ветер, џаним, ветриште!\nНикако ветер, боже, не веал,\nШто мене млада от сан разбуди,\nСлатки соништа, џаним, си гледаф.\nПоминаха до три луди млада,\nПрвото мене даде јаболко,\nВторото мене даде злат прстен,\nТрекото мене, џаним, целива.\nТој што ми даде, џаним, јаболко,\nКак него, боже, да се тркалит,\nТој што ми даде, џаним, злат прстен,\nНиз него, боже,. да се провриет;\nТој што ме мене, џаним, целива,\nДај ми го, мили боже, на јаве.\nВек да поминам, боже, сос него.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_343_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 128, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4633", "title": "Зборник на Миладиновци/ 348 песна", "text": "Момето одит на езерото,\nДа ми налеит бисерна вода,\nДве ведра в р'це, ведро на глава,\nДа му измиет беќару ноѕе,\nДа му измиет дур до колена,\nДа му избришит со бела риза.\nМомето одит на езерото,\nДа ми налеит бисерна вода,\nДа му измиет беќару лице,\nДа избришит со алшамиа.\nМомето одит на езерото,\nДа ми налеит бисерна вода,\nДа му измиет беќару р'це,\nБеќару р'це дур до рамена,\nДа му избришит сос бела чевре.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_348_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4631", "title": "Зборник на Миладиновци/ 347 песна", "text": "„Веке ми се здодеало,\nОт оваа бекарштина,\nСамо легни, само стани,\nСо р'цеве во пазуи,\nСо ноѕеве во скутеи,\nСмисли бога, ѕвездо, дојди\nвечер,\nДојди вечер на вечера.”\n„Дегиди лудо и младо!\nМоиве пусти алои,\nНе ми је мајка, как мајка,\nТук ми је кучка м'штеа.\nДење ми седит до мене,\nНоште ми спиет со мене,\nС десната р'ка пот мене,\nС левата р'ка на мене.\nДа не ме мене препуштит,\nДа дојдам, лудо, при тебе.”\nЈа ке ти кажам прикажам", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_347_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 85, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4629", "title": "Зборник на Миладиновци/ 346 песна", "text": "Вјавнаф коња на вера,\nПа си слегоф пот село,\nДо студениот кладенец,\nДо кладенец владика,\nДо владика ѓакови,\nДо ѓакови попови,\nВладика држит викиа,\nПолна рамна ракиа,\nДа благословит момите,\nДа ми растат порастат,\nКак 'ржје по нивјето,\nКако трска в блатото,\nКак топола по поле,\nКак здравец по планина,\nКак босиљок в градина.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_346_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4625", "title": "Зборник на Миладиновци/ 344 песна", "text": "Собрале се седумдест кралеви,\nМеѓу себе тие зборувает:\n„Колку имат от море до Дунав,\nСедумдесет и седум градои,\nОт Легена поголем грат немат;\nСтрет Легена лична Ангелина\nАнгелина краљ Богдану сестра,\nЗа неја се земја не мирует.”\nКраљ Богдану не добро паднало,\nОт тува стана дома си ојде,\nТота Богдан говорит сестре си:\n„Ајти тебе сестра Ангелина!\nШто те имам сестра, да те немам!\nЗа тебе се земја не мирует.\nАј влези си в земјени килери,\nОтвори си шарени ковчеѕи,\nИзваи си три жолти дукади,\nТа појди си на Леген чаршиа\nТа купи си се карака свила,\nУсучи си тра силни гајтани,\nТа појди си во горното лозје,\nТамо имат дрво кистатово,\nПрефрли си тра силни гајтани,\nТа врзи се пот белото грло,\nСама себе, сестро, удаи се,\nЗа тебе се земја не мирует.”\nТука стана лична Ангелина,\nТа се изми, бело се промена,\nТа си влезе во земни килари,\nСи отвори шарени ковчеѕи,\nСи изваде тие ж'лти дукади,\nСе промена руво копринено,\nИ си појде в Легенска чаршиа,\nНе си купи се карака свила,\nТук' си купи едно лудо младо,\nШто не пиет вино и ракиа,\nШто не фрљат пушка во с'бота,\nШто не вадит сабја во недеља,\nШто му играт видра на колено,\nШто му пеит славеј во пазуа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_344_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 213, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4639", "title": "Зборник на Миладиновци/ 351 песна", "text": "Ѓул девојче под ѓул ми заспало,\nВетер веит, а ѓул ми се ронит,\nДевојка је на грло падинат,\nЃул девојче от сон се разбудвит,\nБогу ми се тога помолила:\n„Дај ми, боже, очи соколови,\nДај ми, боже, криља л'бедови,\nДа прелетам три девет планини,\nТа да падна во цареа војска,\nДа отберам момче спроти мене,\nШто не пиет вино и ракиа,\nШто не пиет кафе и тутуна;\nОт кафето срце поцрнато,\nОт тутуна кука попљувана,\nОт ракиа мома нељубена,\nОт виното јорган поб'љвано.\nДај ми, боже, ѓерѓеф от биљура,\nДај ми, боже, игла от мерџана,\nДа навеза смиљаго јоргана,\nДа покриам себе и јунака,\nДа си видам јунак како спиет!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_351_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4637", "title": "Зборник на Миладиновци/ 350 песна", "text": "Kиниcaл Димо, кинисал\nСо двана коња црвени,\nДа одит Димо, да одит\nУ бела Петра убава,\nКолку се Димо приближа,\nОт порти Димо ја викат:\n„Отвори, Петро убава!\nЗапали киска борина,\nНаточи вино црјвено,\nОба да, Петро, пиеме;\nЗа тебе сум се посвршил.”\n„Не зборви, Димо, не зборви,\nНе зборви такви зборои,\nОт је от бога греота,\nОт је от љуѓе страмота,\nМие cмe близу роднине,\nМојата мајка и твоја\nТие две сестри родени,\nА мие први братучеди.”\n„Дегиди Петро убава!\nДробнана песок број немат,\nГлобоко море глет немат,\nШироко поле от немат,\nУбаво моме рот немат;\nЗа тоа су те посвршил.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_350_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 102, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4647", "title": "Зборник на Миладиновци/ 355 песна", "text": "Треска ме тресит, глава ме болит\nЗа она момче, што је најгоре;\nТа што ми носит финоно фефче\nФиноно фефче на добра глава;\nЗашт' ми се гледат небоно лице,\nЗашт' ми се гледат, как с'нце греит;\nА моја мајка мене не дават\nЗа она момче шта је најгоре.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_355_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4649", "title": "Зборник на Миладиновци/ 356 песна", "text": "Гуга болна лежит от ни една болес\nОт ни една болес от црната чума,\nПримират, замират на мајкини скутеј:\n„Мајко, мила мајко, леле ке си умрам!”\n„М'лчи, Гуго, м'лчи, ти не ке ми умриш,\nСега ке си одам во широко поле\nВо широко поле, во силноно стадо,\nДа ке ти донесам еден руди овен,\nДа ке је го даам на црната чума.”\n„Мајко, мила мајко, чума жертва нејкит.”\nДури појде, дојде Гугината мајко,\nДури појде, дојде, Гуга душа даде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_356_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4643", "title": "Зборник на Миладиновци/ 353 песна", "text": "Девојче, море девојче!\nДевојче, златно кумривче!\nКрај мене врвиш не зборвиш;\nШто пизма држиш со мене?\nАљ ти је уста медена,\nАљ ти ј е грло шекерно,\nАљ ти се з'би бисерни?”\n„Врви в п'тем, лудо, не зборви,\nНе трескај ми го срцево,\nОт ми је срце треснато;\nНекни ми умре татко ми,\nВчера ми умре мајка ми,\nБраќата ми се готои.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_353_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4645", "title": "Зборник на Миладиновци/ 354 песна", "text": "Излези што те викает,\nИ црвено грозје убава!\n„Дегиди лудо и младо!\nРечи им да почекает,\nДур да излезам от бана,\nДур да с' измазнам цулуфи,\nДур да с' измиам лицево.”\nИзлези што те викает,\nЦрвено грозје убава!\n„Дегиди лудо и младо!\nРечи им да почекает.\nДур да с' измиам гр'диве,\nДур да се в бана избањам.”\nКога излезе от бана\nЦрвено грозје убава,\nЛице је с'нце грееше\nСо месечина здружено.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_354_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4641", "title": "Зборник на Миладиновци/ 352 песна", "text": "„Филипо, моме Филипо!\nИзлези на пенџерата,\nДа ти го видам лицето\nНа книга да го напишам;\nЗашто кa одам на војска,\nКо' ке ми текнит за тебе,\nКнигата да ја поглеам,\nТ'гата да ми поминит.”\n„Егиди лудо и младо!\nКога ке одиш на војска,\nИ јас ке идам со тебе.”\n„Филипо, моме Филипо!\nНе можиш д' идеш со мене,\nЗашто ме мене писае\nБаш буљук-баша да ода,\nЗелени бајрак да носа\nДур до Црвено Јаболко*-\nФилипо, моме Филипо!\nИзлези на пенџерата\nДа ти и видам очите,\nОчите да и напишам!\nКо' ке ми текнит за тебе.\nКнигата да је отворам,\nОчите да и целивам,\nЖалбата да ми поминит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_352_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 110, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4650", "title": "Зборник на Миладиновци/ 357 песна", "text": "Поминуам, заминуам,\nПусти порти затворени,\nПрелазени, преградени,\nСо две сламки 'ржанои;\nМоме спиет стреде дворје\nСтреде дворје на одарот;\nНад глаа му бардак вода\nВо бардакот киска цвеке.\nНе сум вода да прелеам,\nНе сум змиа да се проврам,\nНе сум елен да прескочам,\nНе сум пиле да прелетам.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_357_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4653", "title": "Зборник на Миладиновци/ 358 песна", "text": "Рај, боже, рај да не видит\nТој што научи чужина,\nДа одаѓат момчината,\nЖенети ем неженети.\nСите момчина појдоха\nПојдоха и пак дојдоха\nМоето момче не дојде\nОт три месеци земено,\nДевет години бегано.”\nЕво идет млат кираџиа,\nТој нејзе проговара.\n„Захо ле, мила Захо ле!\nАко момчето не дојде,\nМалко ти пари пуштило,\nСто бели карагрошеви,\nДваесет и пет хаерли,\nИ триесет мендухии.”\nКираџи млади кираџи!\nДа ти ослепам парите,\nКога момчето не дојде!”\n„Захо ле, мила Захо ле!\nТој книга скришно ми даде.”\n„Кираџи, млади кираџи!\nДа ти ослепам книгата\nКог момчето не донесе.”\n„Захо ле, мила Захо ле!\nДо реда ке го донесам.”\n„Кираџи, млади кираџи!\nДевет години бегано,\nУшт' три години по тамо.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_358_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 117, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4654", "title": "Зборник на Миладиновци/ 359 песна", "text": "Велико дуљбер Бугарко,\nВелико една на мама!\nДа знаиш, мило да знаиш\nКако је жаљба за младост,\nНа порта би ме чекала,\nОт коња би ме сметнала,\nЗа р'ка би ме фанала,\nВ одагја би ме однесла,\nПостеља би ми послала.\nКажи, Велико, кажи ми,\nКој ти ја даде личбата,\nДаљ си от бога паднало?\nДаљ си от земја никнала?\n„Што прашташ, .лудо, што прашташ,\nКој ми ја даде личбата?\nНе сум от бога паднало,\nНи па от земја никнала,\nТук сум от мајка родена.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_359_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4657", "title": "Зборник на Миладиновци/ 360 песна", "text": "Дел делеле, I`ано, момињата\nДа чувагјат, - бахчињата,\nБахчињата - дрфчињата,\nНа дрвцата - три пилина,\nТри пилина - гулапчина;\nЕдно пеит - на вечера:\nВечерајте, две луди, легнете си!\nДруго пеит, Јано, на полноки:\nРазбудете се две луди, гушнете се?\nTpeќo пeит, Јано, на јутрина:\nРазбудете се, луди, бањајте се!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_360_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 47, "cyrillic": 0.979}
{"id": "4659", "title": "Зборник на Миладиновци/ 361 песна", "text": "Дел делиле тие мали моми,\nНа сите моми по једно момче,\nНа бела Мара црно Арапче.\nСи го качила на бела коња,\nСи го однесла в топага хамама,\nСо негја зела три ока сапун;\nТри дни го мило, три дни го трила,\nЕдното ухо му го потрила,\nПа му се чудит што да му чинит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_361_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4661", "title": "Зборник на Миладиновци/ 362 песна", "text": "Калутер цвеке садеше\nНа едно место присојно;\nСе научиле две моми,\nДа си крадат босиљок,\nПа се затскри калугер,\nПа си вати две моми.\nЕдна му се молеше;\n„Пушти мене калугер!”\n„Не те пуштам, девојко,\nТи си мене потребно,\nДа ми чешљаш брадата.”\nДруга му се молеше:\n„Пушти мене, калугер,\nЖити книга што пеиш!”\n„Не те пуштам, девојко,\nТи си мене потребно,\nДа ми периш кошуља,\nДа постељаш постеља,\nДа лежиме обата.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_362_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4732", "title": "Зборник на Миладиновци/ 364 песна", "text": "Дојде време, дојде коа,\nДа расцути трантафило,\nДа смириса сета земја\nСета земја Румелиска,\nОт Битољско до Прилепско,\nОт Прилепско до Велешко,\nОт Велешко до Солунско,\nДа го берат момињата,\nДа го редат на лесите,\nДа ги горат ергените.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_364_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4731", "title": "Зборник на Миладиновци/ 363 песна", "text": "„Ој ти моме хубаво и лично!\nРоп ке ти бидам до три години,\nЗа да ти видам рамната става,\nЦрните очи, тонките веги\nТвој црвен образ, медната уста.\nБелото грло, белите гр'ди;”\n„Дегиди лудо, дегиди младо!\nДека ке видиш, што фајде имаш?\nПолните очи, празните р'це.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_363_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4734", "title": "Зборник на Миладиновци/ 365 песна", "text": "Ристано, моме Ристано!\nДа знаиш, моме, да знаиш,\nОти те мајка свршила\nВо едно село големо,\nЗа едно момче малечко!”\n,,Пусто да бидит селото,\nОган да горит куќата,\nКуршум да удрит момчето!”\nВо една куќа богата,", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_365_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4741", "title": "Зборник на Миладиновци/ 368 песна", "text": "Леле Јано Малешанке, де Јано де\nЕднош дојдох в ваше село,\nТебе дома не те најдох;\nТок те најдох на стред село\nДека водиш до три танци;\nПрви танец се момиња,\nВтори танец се невести,.\nТреки танец се бабишта.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_368_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4737", "title": "Зборник на Миладиновци/ 366 песна", "text": "„Што ми падна, мила нанке, м'гла по полето,\nМ'гла по полето, мила нанке, близу до селото!\nТака м'ка, мила нанке, тешко на срцето,\nЗа попова керка, мила нанке, таја најмалата.\nТаја да земам, мила нанке, севда да поминам,\nСевда да помина, мила нанке, век да познаем,\nКротко, кротко оди, мила нанке, како геребица,\nСитно, ситно зборват, мила нанке, како ластоица?”\n„Зашто ти је, синко, поповата керка?\nОна болна лежит токму три години,\nМама ке ти земит Солунска кокона.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_366_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4742", "title": "Зборник на Миладиновци/ 369 песна", "text": "„Стани, сине, стани, паша ми те викат,\nТимар да препишиш Арнаутска земја!”\n„Не ме викат мајка, тимар да препишам,\nПашата ме вика, глава да ми земит.”\n„Што грешка ми имаш, глава да ти земит?”\n„Пашината керка, од бања излезе\nИзмиена, мајко, лепо изтриена;\nЈа си фатиф, мајко, пашината керка,\nПа си ја избакнаф и си ја исчипах;\nЗатова мене, мајко, пашата ме викат,\nПашата ме викат, глава да ми земит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_369_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4738", "title": "Зборник на Миладиновци/ 367 песна", "text": "Во бахчата, во бахчата\nЕдно дрво високо;\nДо дрвото, до дрвото\nЕдна чешма студена;\nДо чешмата, до чешмата\nЕдна лоза лозница;\nДо лозата, до лозата\nЕдно одре високо;\nНа одрето, на одрето,\nПостелица послана;\nНа постеља, на постеља,\nЗлатна перница фрлена;\nНа. перница, на перница,\nЛепа Злата легнала;\nЗлатната мајка, писаната мајка\nНа главата ј т'жила;\nЗлатните сестри, писаните сестри\nВоштени свеки палеха;\nЗлатните снахи, писаните снахи,\nВенецо и плетеха;\nЗлатниот татко, писанио татко\nНова кука правеше;\nМилите брака, писаните брака,\nВо носило ја носеха.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_367_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4745", "title": "Зборник на Миладиновци/ 370 песна", "text": "Бог да биет руса Мара Баирката,\nШто си стана сутро рано во недеља,\nПа си зеде дулец вода, личен леген,\nОт си зеде миски сапун\nКе си миет бело лице,\nБели р'це, бели ноѕе.\nСе накачи на чардакот,\nСе пресегна на полица,\nМи си зеде филдиш чешел,\nДа си чешљат уба' коса,\nДа напраит туртурици,\nДа уплетит леса на коса,\nДа ја видат трговчина,\nДа факает заз'бниза.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_370_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4746", "title": "Зборник на Миладиновци/ 371 песна", "text": "„Марие, мори девојке!\nШто многу сношти седофте,\nШто многу гости имахте?”\n„Дегиди лудо и младо!\nШто многу сношти седохме,\nШто многу гости имахме;\nНа мајко ми шуреите,\nНа татка ми мили браќа,\nА мене мили вујчеви;\nСанок си стојаф на баџа,\nСанок сум сеир гледала,\nВ стрет куки огон гореше,\nСтреде кошара стоеше,\nСо зелен венец на глава.\nОт сега, лудо, да пукниш,\nДа пукниш, лудо, да тресниш,\nЗа друго момче се сврших.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_371_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4748", "title": "Зборник на Миладиновци/ 372 песна", "text": "„Умрех, загинах, Ленко, за тебе,\nДур да се ставам, Ленко, со тебе,\nПот твое грло да летувам,\nНа твои дојки, Ленко, да зимувам.\nБог да убиет - мајка ти,\nШто не те пуштат, Ленко, на порта,\nЗа да се видиш, - сос мене!\nБог да убие - татка ти,\nШто не те пушта - на вода,\nЗа да се ставиш - со мене!\nСека година - крвнина,\nОва година - два крва,\nСмисли се - за мене,\nНе остаи - да умрам,\nДа умрам - за тебе.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_372_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4753", "title": "Зборник на Миладиновци/ 374 песна", "text": "Сиљано, моја Јано ле!\nНашата земја мошне је мирна,\nДве с'нца греат, две роси росет,\nДве лебородна. Ајде со мене,\nСиљано моја Јано ле,\nТурфанта цвеке Велнишко,\nКиска босиљок Петричка,\nОрицко благо јаболко,\nТиквешко вино црвено,\nСтамболско цвеке убоо!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_374_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4754", "title": "Зборник на Миладиновци/ 375 песна", "text": "Поминуам, наминуам,\nКрај Перуша поседувам;\nТебе те гледам, Јано, на бунарчето,\nК'де ми црпиш студена вода.\nТако ти бога, Јано, подај една вода\nСо твојата стомна, Јано, со десната р'ка,\nБелово срце, Јано, црно изгорено;\nРакиа пиам, Јано, зеир ми се чинит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_375_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 44, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4757", "title": "Зборник на Миладиновци/ 376 песна", "text": "Попова керка викаше\nОт високите чардаци,\nОт ситни дробни пармаци:\n„Елате моми убави,\nЕлате збор да зборвиме!\nОти ке доит татарот\nСо дванадесет татари\nСо тие црни Арапи,\nМене ке млада попленет,\nКе ме однесат в Јанино\nВ Јанино при Али паша,\nБаш робинчица да бидам\nШербет и кафе да служам.”\nУште ми речта не рече,\nСтигнае пусти т'атари\nСо тие црни Арапи,\nПопоа керка зедое,\nМи ја однесое Јанино\nЈанино при Али паша,\nБаш робинчица да бидит,\nШербет и кафе да служит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_376_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4759", "title": "Зборник на Миладиновци/ 377 песна", "text": "Стројници вино пијее,\nДевојка слуга служеше\nСо бисер венец на глава;\nБисерот је се ронеше,\nСвекор си чаша расеше,\nСвекор је кабул чинеше:\n„Раси ми, снаа, раси ми,\nЈа тебе кабул те чинам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_377_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4762", "title": "Зборник на Миладиновци/ 379 песна", "text": "„А јуначе Дренополче,\nШто мирисаш миск не носиш?\nШто не мислиш да се жениш\nЗа девојка Софијанка?”\n„Ми ја кажвет грдо-мазна\nГрдомазна неубава.”\nТа си појде во Софија,\nФати конак у стрика је.\nМу излегла невестата\nСо налани шикосани,\nСо чораби копринени,\nС ал кошуља дур до земи,\nСо читјани чичеклии,\nАл з'бунче до колена;\nС'нце беше облечена,\nМесечина опасана,\nДробни ѕвездрх по рамена,\nСамур калпак на главата,\nПаун перо на. калпагот.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_379_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4760", "title": "Зборник на Миладиновци/ 378 песна", "text": "Белиградо што ми се белеит?\nИмат нешто за тва се белеит,\nВо него је Мара Белогратка,\nЛице имат, како јасно с'нце,\nОчи имат како црно грозје,\nВежи имат како пијавици,\nГрло имат како месечина;\nЗа тоа се Белиград белеит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_378_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4750", "title": "Зборник на Миладиновци/ 373 песна", "text": "„Куме ле, куме, кум Карафиле!\nУчи си карај крштеничето,\nДа не расфрљат црните очи;\nСекое село се посестрими,\nСекое село се по две, по три,\nНашето село се печестина,\nТуку се чудит која да љубит.”\n„И си го карам и си го учам,\nКога не слушат, што да му чинам,\nКога је убаф секој го љубит.”\nШто ми је дошло лудоно младо,\nШто му донесе љута ракиа,\nЉута ракиа да се напиет,\nДа не ми чинит големи зулум.\nСон ми го варит, и ми го кршит,\nА немат лудо да ми заспиет.\nСе зачудие кутри сељани,\nОт што ми чинит големи зулум,\nМу донесое згодна вечера,\nБолаки лудо да ми вечерат\nДа ми вечерат, да ми заспиет;\nМу донесое старана баба,\nЧес да му чинит дан' ке заспиет;\nПак немат лудо да ми заспиет.\nИ му турие рујноно вино,\nДан' с' опијанит, да не заспиет;\nПак немат лудо да ми заспиет.\nМу донесое малконо моме;\nКолку му седна на коленото,\nМу ја префрли десната р'ка\nДесната р'ка на десно рамо,\nВ часот лудото ми је заспало;\nТивнале луѓе от тешки зулум.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_373_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 183, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4765", "title": "Зборник на Миладиновци/ 380 песна", "text": "„Мори девојка, малка девојка,\nМалка девојка, блага јаболко!\nСакам нешто тебе да те питам,\nКе те питам, право да ми кажеш,\nШто си толко, момо, расипано?\nБело лице ти је помренено,\nЦрни очи мрежа ти фатиле,\nДали си, момо, болна лежела,\nИли си, момо, болен гледала?”\nМома му веле, веле, говоре:\n„Еј море лудо, лудо, да младо!\nНити сум, лудо, болна лежала,\nНити сум, лудо, болест гледала,\nБог да убие мојата мајка,\nШто мене скорнала мошне рано,\nТа ме пуштила за студна вода\nЗа студна вода от нова чешма;\nТа си станах, лудо, мошне рано,\nТа си узех, лудо, нова стомна,\nТа си појдех на новата чешма,\nВода си најдех, рет не си најдех;\nПостојах, лудо, рет си дочеках,\nРедот ми дојде и налих вода\nСи налих вода и се поврнах,\nТа си влезех, лудо, в градината,\nДа си видам раното цвеке.\nБог да убиет морскиот ветер!\nШто си подуна силен и вилен,\nТа си скрши солба босиљок.”\nТогај и веле лудото младо:\n„Мори, девојка, малка девојка!\nЈас да си најдам солба босиљок,\nБил ја позлатил от корен до врх.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_380_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 180, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4769", "title": "Ѓорѓија Пулевски", "text": "Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.\n1 Творештво\n* Тријазичник - речник\n* Четиријазичник - речник\n* Слогница речовска - македонска граматика, на стар правопис.\n** Слогница речовска - македонска граматика, на современ правопис.\n* Самовила македонска, поезија.", "subject": ["Ѓорѓија Пулевски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%9F%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 45, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4779", "title": "Зборник на Миладиновци/ 381 песна", "text": "Мерудо, Мерудо, ај златна Мерудо,\nБогатсконо чедо, от богата к'шта,\nОт голема рода, от мнозина браќа!\nЗнаиш, моме, знаиш, знаиш, паметуваш,\nКога ми ти носех дребното овоште,\nЛешти и миндали и благи јаболки,\nКисели калинки, и сухо грозје?”\n„Знам, лудо, знам, нема што да чина,\nЕдна мајка имам, боље да ја немам;\nОна не ме пушта вонка да излезам,\nВ градина да влезам, китки да наберам,\nКитки да наберам, глава да наредам,\nНа тебе да пуштам, љубов да зафатам.”\n„Мерудо, Мерудо, ти златна Мерудо!\nИ јас сум си така, како ти што велиш;\nЕдна мајка имам, боље да ја немам;\nОна не ме пушта вонка да излезам,\nНа чешма да појдам, коњо да напојам;\nКе ми нар'чува, ке ми прер'чува:\n„Дека да ја видиш таја вражка керка,\nОт п'т да се тргниш, место да и чинеш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_381_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 140, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4781", "title": "Зборник на Миладиновци/ 382 песна", "text": "Маро, бела Маро, мајчина к'дино!\nСеднала је Мара вонка зат к'штата,\nВ малата градина, пот белата лоза,\nРиза везе Мара и урнек зафашта.\nТам дека си везе и урнек зафашта\nЈе долетали три бела г'л'би,\nДо три г'л'би, три сиви гумени,\nИ си застанале на белата лоза,\nС криље затрепнаа ц'втот зарониле,\nЦ'втот зарониле, риза напрашиле;\nСо уста запнаха, коприна смотиха.\nТогај веле Мара, веле и говоре:\n„Робини, робини, дајте до два л'ка,\nДајте до два л'ка, дајте до две стрели,\nЗа да си устрељам три бела гол'би.”\nПа они на Мара вељат и говорат:\n„Не сме дошли, Маро, за да нас устрелиш,\nТук сме дошле, Маро, мома да гледаме,\nМома да гледаме за нашега брата.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_382_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 127, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4787", "title": "Зборник на Миладиновци/ 385 песна", "text": "„Мено ле, Мено, Мено девојко!\nНе оди, Мено, ноке за вода\nПо месечина, на облачина!\nВодите ми сет мошне далеко,\nНа теб се фале, лудо да младо,\nНа теб се фале, да те позадре.\"\nТогај си веле Мена девојка:\n,,Ако ме стрете, што ќе ме чине?\nСтомна ак скрше, нова ке купе;\nНе сум калинка да ме соскрши,\nДа ме раздаде на дружината;\nНе сум погача да ме посече,\nДа ме посече, да ме изеде.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_385_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4782", "title": "Зборник на Миладиновци/ 383 песна", "text": "Изникнало едно дрво\nЕдно дрво дафиново,\nКолку лично, толку вишно;\nКорено му по с' земја,\nВршенот по сино небе,\nНа вршенот паун пее\nДури пее, дур зборува:\n„Слушајте малко големо,\nСлушајте Турци, кауре!\nКа пее паун на дрво,\nТак гори јунак за мома,\nКако два страка борина.\nКој имат мома хубава,\nДа не ја кара, не бие,\nТоку да је изан дава,\nЧесто да се променува,\nПо дваш, по триш во недеља,\nДевет п'та во месецот.\nДа знае мома, да знае\nДа знае, да паметува\nКога је мома ходила,\nКога је левентовала,\nКога је кахар не брала,\nКога је била при мајка,\nКога је дари готвила.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_383_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 107, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4798", "title": "Зборник на Миладиновци/ 391 песна", "text": "Стана оде на вода,\nИ коњ води по неа;\nКоњ ја тегне в ливаде,\nВ ливаде пот чадире.\nПод чаир ја бекриа,\nВ р'це држи викиа,\nПолна рамна ракиа,\nИ на Стана говоре:\nКато орех пот тесла.\n„Држи, Стано, чашата,\nДа благословам децата\nДа си растат порастат,\nКато трескот пот камен,\nКато орех пот тесла.\nДржи, Стано, чашата,\nДа благословам момите,\nДа ми растат, порастат,\nКато р'жта на поле,\nКато текени парици”.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_391_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4791", "title": "Зборник на Миладиновци/ 387 песна", "text": "Ја излези, моме, и јас да те видам,\nИ ти да ме видиш; и јас да те простам,\nИ ти да ме простиш и јас да ти простам\nДребното овоште, што сум ти пуштувал,\nЗа белото лице. Оште да ти простам,\nРудето костени за рудото грло;\nЦрните череши за црните очи,\nБлагите јаболки за белите гр'ди,\nЖ'лтите флорини за рамната сн'га.\nИ ти да ми простиш дари, тенки дари,\nОште да ми простиш тие дребни китки,\nОти ке си одам младо калинџиче,\nМладо калинџиче, младо корабарче.\nМошне ти се мољам, ветер ка ке духне\nВетер ка ке духне, да не напилесаш,\nОти ке сет тие моите издихи.\nМошне ти се мољам, роса ка ке росит,\nРоса ка ке росит, да не напилесаш,\nОти ке сет тие моите дробни солѕи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_387_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 132, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4802", "title": "Зборник на Миладиновци/ 393 песна", "text": "„Мори моме мало, што те мајка кара,\nСе на квечерина, ни на една доба,\nНи на една доба, на еднио саат?”\n„Ојти лудо младо, се заради тебе,\nСе заради тебе, дек низ дворот врвиш,\nСо јаболко фрли, по гердан ме удри,\nГердано ми ѕвекна, на мама и текна;\nНа татко ке кажи, мало ке ме м'жи.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_393_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4800", "title": "Зборник на Миладиновци/ 392 песна", "text": "Славеј пеит во градина\nНа утрина во недеља;\nДевојка му говореше:\n,,Ој ти славеј, мило брате!\nАјде да се натепваме,\nАко мене ти натепваш,\nКе ти даам градината\nГрадината се со цвеќе;\nАко тебе ја натепвам,\nДа ми даиш ливадата\nЛивадата со тревата.”\nМома славеј натпеала,\nИ му зела ливадата,\nЛивадата со тревата.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_392_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4784", "title": "Зборник на Миладиновци/ 384 песна", "text": "Мила мома црнооко!\nМили твојте црни очи,\nЦрни, црни како трнка,\nПолни, рамни, како грозде!\nСеднала је малка мома\nЗат к'шти во градината,\nПод бела лоза на сенка.\nПод бела дреновина,\nПод Солунска јадрина,\nПод бил црвен трандафил,\nДробен бисер си нижи\nДробен бисер и флорини.\nТам дека гердан си ниже,\nТам помина лудо младо,\nТа и веле, и говоре:\n„Мила мома, црнооко!\nБог да биет твојте братје!\nШто викнаха мајсторето,\nТа зидаха дворовето;\nНе им стига што зидаха,\nОт горе трње кладоха,\nДа не пиле си пролете,\nА не човек да помине.\nЧин ми прелиз да помина,\nЈас при тебе да си дојдам,\nДвете гердан да нижиме,\nДробен бисер и флорини,\nОчи да си размениме,\nДа ми дадиш црни очи,\nДа ти дадам сери очи,\nЦрни очи, страмлив поглед,\nМојте очи твој да бидат,\nТвојте очи мој да бидат;\nАко не се каил чиниш,\nКе ти дадам и повике\nСто флорини туралии,\nСе на синџир оковани.”\nОна веле и говоре:\n„Море лудо, лудо младо,\nДејди лудо аџамиа!\nНе да дадеш сто флорини,\nТок да дадеш сто товари,\nНе се очи разменуват,\nТвојте очи мој да бидат,\nМојте очи твој да бидат.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_384_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 193, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4788", "title": "Зборник на Миладиновци/ 386 песна", "text": "„Излези, Стано, излези,\nИзлези ќерко да видиш:\nСтар хаџи - Димо напреди\nСо девет сина по него,\nСношти на армас си биле,\nСега од армас си идат.\nСинот му Ристо армасал\nЗа Маса Арборјанка;\nИзлези, Стано, да видиш\nКакви дари дарувала.”\nПа веле убава Стана:\n„Молчи, мале, онемела,\nДека стоиш ослепела!\nКога ме Ристе сакаше,\nОт' не ме даде за него?\nТи Риста лош чинуваше,\nРиста пијан чинуваше; -\nТаков, ќерко, онаков,\nК’де пие, тамо cпие;\nВечер дома ка ќе дојде,\nСо сите кавга си праве;\nНа башта му пушка тегле,\nНа мајка му остро ноже,\nНа брата му чифт пиштоле.\nОт бога, мале, да најдеш!”\nНе излезе да си гледе,\nТок си влезе в килерето,\nТа отвори шарен ковчег,\nТа изгори тенки дари;\nТа навали силен оган,\nТа си фрли тенки дари.\nТогај веле и говоре:\n„Горејте, пусти, горејте!\nКога сте ризик немале,\nЈас да ве дуравам,\nИ сос вас да се радувам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_386_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 153, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4805", "title": "Зборник на Миладиновци/ 394 песна", "text": "Скарале се, степале се\nДвајца браќа братучеди,\nПа за ошто? за ни ошто,\nВамо долу пот селото\nПот селото, кај ширките;\nШирки берат се грчкаат.\nСкарале се, степале се\nДвајца браќа братучеда;\nПа за ошто? за ни ошто,\n3' едно моме црнооко\nЦрнооко бисер заби;\nР'цете си ги содраха,\nНоѕете си искршиха;\nА за ошто? за ни ошто.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_394_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4806", "title": "Зборник на Миладиновци/ 395 песна", "text": "Горе долу Нижо-поле\nНајдоф мало моме;\nСе завртиф да го видам,\nШто ми прилегаше!\nСе обзрнаф да га видам,\nШто ми мило беше!\nАма имат клети татко,\nНе ке ми го даит;\nПа си имат клета мајка,\nНе ке ми го даит.\nАли за нхх лесно бива,\nЕдна овца една крпа,\nСами ке ме мољат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_395_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4792", "title": "Зборник на Миладиновци/ 388 песна", "text": "Бојо ле, Бoјо Бојано!\nДали си чула разбрала,\nШто је дошло едно младо\nЕдно младо базирѓанче,\nКондисало стред селото,\nСтред селото на бунарот,\nДа продава чиста стока,\nНа децата чиста свита,\nНа момите ж'лто злато\nЖ'лто злато и коприна.\nНе је дете к'де годе,\nТок је белек на земјата,\nК'де стсе, слонце грее,\nКа зборува, бисер блува,\nКа се смее, злато лее.\nКа си дочу бела Боја,\nТа си стана, та си зеде\nЛеген, ибрик, раки сапун,\nТа си изми бела лице,\nОтвори си килерето.\nКилерето, ковчеџето,\nСи искара чисто рухо,\nСе промени, се нареди,\nДа си узе празна фурка\nПразна фурка без к'деља,\nВретеното непредено;\nТа киниса кротко, кротко,\nКротко, кротко на големо,\nТа си појде на бунарот\nНа бунарот, крај чинарот.\nНито зема, нит купува,\nОчи фрли в бездриѓанче,\nМошне и је в срце влегло.\nСкоро, скоро, се поврна,\nТа си појде дури дома,\nНа мајка си и говоре:\n„Ти си врла магесница,\nТи врзи му п'тиштата,\nБаздриѓанче тук' д' остане.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_388_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 169, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4809", "title": "Зборник на Миладиновци/ 396 песна", "text": "Јаглико моме, Јаглико!\nШто завал најде татко ти,\nТа си продаде куките\nСо високите чардаци,\nСо ситни дробни пармаци,\nСо девет враќа железни;\nСекоја врата ограда,\nНајмала врата ливада,\nВо ливадата бел чадар,\nВо чадар седет мајстoри,\nМајстори се облогвеет;\nКој ке префрлит бел чадар,\nСос седум ока олоо,\nСо девет ока железо,\nТој ке ја земет Јаглико.\nНајмал се Стојан малечек,\nТој ми го чадар префрлил,\nТој ми го моме кердоса.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_396_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4813", "title": "Зборник на Миладиновци/ 398 песна", "text": "Бог да убиет, Милкано мори, твојата мајка!\nШто ми те изми и те промена,\nИ ти нареди дробноно стребро,\nДробноно стребро, на бело грло,\nТа ми те пушти в село на свадба\nТамо имале проклети закон,\nМи те пречека помал побратим,\nИ те целива на бело грло.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_398_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4774", "title": "Христо Смирненски", "text": "Христо Димитров Измирлиев, познат со псевдонимот Христо Смирненски (17 септември, 1898 – 18 јуни, 1923) бил македонски и бугарски поет со македонско потекло.\n1 Творештво\n1.1 Поезија\n* Левски\n* Ботев\n* Јохан\n* Да биде ден\n* Кон висините\n* Роза Луксембург\n* Низ бурата\n* Први мај\n* Смртта на Делеклуз\n* Москва\n* Црвените ескадрони\n* Советска Русија\n* Северниот Спартак\n1.2 Проза\n* Автономна Македонија", "subject": ["Христо Смирненски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%A1%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4795", "title": "Зборник на Миладиновци/ 389 песна", "text": "„Стојничко, моја душичко!\nЕла ми вамо повамо,\nКрај мое десно колено,\nКрај мојата брза коња;\nОт коња да се наведам,\nЛице твое да целивам.”\nОна веле и говоре:\n„Еј море лудо, да младо!\nМиниш, поминиш от тува,\nНиз нашите рамни дворје,\nНимуј се с мене задевај,\nНимуј с мене смислувај,\nВчера сум била на река,\nВезден сум платно белела,\nТ'нките пусти дарове,\nВезден ме слонце грејало;\nГлава ме боле до бога,\nНе можам да ти зборувам,\nНи с очи да те погледам,\nНи с глава да ти намахнам.”\nТогај веле лудо младо:\n„Стојничко, моја душичко!\nЛел те је глава болело.\nЗашто не дојде до мене,\nЈас имам билка от глава,\nПозлатен нетоп на глава,\nГлавата да ти помине,\nТ'гата да ти размине.\nЕла ми вамо повамо,\nКрај мое десно колено,\nКрај мојата брза коња,\nОт коња да се наведам,\nОчите да ти милувам,\nПазухи да ти драгувам.”\nОна му веле, говоре:\n„Еј море лудо, да младо!\nМиниш, заминиш от тува,\nНемуј ме мене задевај,\nНемуј ме мене смислувај!\nВчера сум била на лозје,\nВезден сум лозје копала,\nВезден сум грозје зобала,\nДур ми је грло болело,\nГрло ме боле до бога,\nНе можам да ти зборувам,\nНи с очи да те погледнам,\nНи с глава да ти намахнам.”\n„Стојничко, моја душичко!\nЛел те је грло болело,\nОти не дајде до мене?\nЈас имам биљка за грло,\nКе ти врзех рет ж'лтици,\nГрлото да ти помине.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_389_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 238, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4810", "title": "Зборник на Миладиновци/ 397 песна", "text": "Од мал сум сирак останал,\nБес татко, та и без мајка,\nИ ја си станаф, се главиф\nУ една млада вдоица.\nДевет години работаф,\nИч ј е со очи не видоф,\nЕљум едношка је видоф,\nТа излегвеше от бана,\nА јас излегвеф от бербер.\n„Добро ти утро јуначе!”\n„Дал ти бог добро, вдоице!\nТи да ми платиш ругата,\nШто сум ти тебе работал\nТокму за девет години,\nОт ми пуштиле брата ми,\nКе одам да ме оженет.”\n„Јуначе, море јуначе!\nКога си сакал женење,\nЈас да те тебе оженам.”\nШто ке и бараш браќа ти?\nЈас с' има до три алајки,\nКоја је сакаш земи је;\nРусата поубавата,\nТаја је тонка висока,\nТаја је бела црвена,\nСо на грлото флорини.”\n„Вдоице, млада вдоице!\nЈас не ти сакам алајка,\nЈас нејтум руса убаа,\nТук сакам да је 'рзлиа,\n'Рзлиа, та и сојлиа.\nНа вдоица сум работал,\nЈас ке си зеам вдоица.”\n„Јуначе, море јуначе!\nВдоица имат назиње,\nВдоица имат џивлиње.”\n„Вдоице, млада вдоице!\nТи тваа гајле немај го,\nНа вдоица сум работал,\nЈас ке си зеам вдоица.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_397_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 176, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4796", "title": "Зборник на Миладиновци/ 390 песна", "text": "Мила момо, црнооко,\nМили твојте црни очи,\nЦрни, црни како трнка,\nПолни рамни, като грозде;\nСакам нешто да те питам,\nСакам право да ми кажиш;\nНа кого си наљутено\nНаљутено, насрдено,\nДаљ на мајка, ил на тејко,\nИљ на твојте два брата?”\nОна веле и говоре:\n„Море лудо, лудо младо!\nНе сум, лудо, наљутено\nНи на мајка, ни на тејко,\nНи на мојте два брата,\nТуку, лудо, на тебека,\nТолку ходи горе долу\nПо планини, по вишини,\nПо војската Анадолска,\nОт дек слонце си угрева,\nПа додека си заожде,\nНел не најде негде цвете,\nДа набериш, да донесиш,\nЈас да речам љубов љубам,\nОт љубовта китка носам.”\nПа он веле и говоре:\n„Најдох, момо, рано цвете\nНа коњот ми до гривата,\nНаведох се да наберам\nДа наберам, да донесам,\nЦветето ми проговори:\n„Море лудо, лудо младо!\nТи ме бери, ти ме носи,\nНе ме давај на момите;\nМомите ме лошо носат,\nДен везден носат на глава,\nНа страјата, пот крпата;\nВечер дома ка ке дојдат,\nКе ме сваљат от главата,\nКе ме фрљат во стрет к'шти.\nКа ке станат от утрина\nОт утрина в понеделник,\nЗемат метла и лопата,\nКе ме сметат, ке ме сринат,\nКе ме фрлат на буниште,\nДа ме риат кокошките.\nДецата ме арно носат,\nДен везден носат на глава\nНа главата, меѓу очи,\nВечер дома ке си дојдат,\nКе ме сваљат от главата,\nКе ме клаат на стреата,\nС' ношт ветер ке ме веит,\nСитна роса ке ме рoсит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_390_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 244, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4819", "title": "Зборник на Миладиновци/ 401 песна", "text": "„Крстано, бела црвена!\nШто рано цвеке цутило,\nШто не го бериш, да носиш\nДа ти заличит лицето,\nДа ти заличит ставата”\n„Дегиди лудо, и млада!\nШто да го берам, да носам,\nШто харо гледам прет мене”\n„Крстано бела, црвена!\nМ'жи се дури си млада,\nДури си т'нка висока,\nДури ти играт срцето!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_401_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4817", "title": "Зборник на Миладиновци/ 400 песна", "text": "„Девојко, девојка, моме црнооко!\nНе стој спроти мене, изгореф за тебе!”\n„Гори, лудо, гори, гори да изгориш,\nГори да изгориш, пепел да се сториш!\nМајка не ме дават, оти си сиромах,\nОти си сиромах, оти куќа немаш.”\n„Девојко, девојко, моме црнооко!\nТи не гледај куќа, тук гледај јунака,\nЈунак куки правит, тој куки расипвит\nДевојко, девојка, моме црнооко!\nДење ми те гледам, ноке те сонувам,\nНа мека постеља, на деснава р'ка,\nНа мека перница, во десна пазува.\nПа си се разбудвам, тебе те побарвам;\nКога те побарвам, тебе не те најдвам,\nНа постеља вељам „Постељо пустино!\nКамо ти момето?” Пернице је вељам:\n„Перницо треснатипе! Камо ми момето?\nСега тука беше на деснава р'ка,\nНа деснава р'ка, до десна пазува.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_400_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 122, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4814", "title": "Зборник на Миладиновци/ 399 песна", "text": "Рано ранила Петкана\nОт Сите моми порано\nНа бели Дунаф на вода:\n„Добро ти утро, Дунафе!\nДунафе бели Дунафе,\nЈас тебе ке те опитам,\nТи мене право да кажиш,\nТако ти морска глобина,\nТако ти пољска ширина,\nИ жити сестра моруна,\nТи право мене да кажиш\nДали го виде млат Стојан?”\n„Петкана, бело Петкана!\nТако ми морска глобина,\nТако ми пољска ширина,\nИ жими сестра моруна!\nЈас тебе право ке кажам.\nОт како петли пеае,\nПрва гемиа што мина,\nВо неа беше млат Стојан,\nВо шарен кавал свиреше,\nВо кавал песма пееше:\n„М'жи се, м'жи, Петкана!\nДури си млада зелена,\nДури си млада црвена,\nЈас веке назат не идам,\nТи мене да ме не чекаш!\nЉуто ме мајка к'лнала,\nСтојане, синко Стојане!\nПеткана да ја не земиш,\nД, обидиш, синко, д' обидиш,\nТри девет бели градои,\nНигде девојка не нашол,\nТук да ми наиш вдоица,\nСо дванадесет сираци,\nСо тринадесет чифлиѕи.”\nТриста гемиа минае.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_399_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 157, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4820", "title": "Зборник на Миладиновци/ 402 песна", "text": "„Та што си бела, Менко моме, одиш?”\n„Што да чина, мил побратим, да не одам?\nНе ме видиш, мил побратим, што враг водам?\nНа вечера, мил побратим, си легнувам,\nНи бакнуват, зло да го наит, ни штипнуват,\nНи со р'ка, зло да го наит, пофатуват.\nОт како сум, мил побратим, јас м'жена,\nДа веруваш, мил побратим, пак сум мома.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_402_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4826", "title": "Зборник на Миладиновци/ 405 песна", "text": "Дали знаиш, паметваш, Милице!\nКога се двата љубефме -\nОт дванаесет години -\nОт тринаесет пролеке -\nВо чичовата градина? -\nТвоето око кунадиче -\nТвоата нога гугуфче. -\nКога се двата љубефме -\nПот бел црвени трандафил; -\nНикој покрај нас немаше -\nС'д еден госпот нат нас. -", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_405_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 41, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4832", "title": "Зборник на Миладиновци/ 408 песна", "text": "Девојчина, гугушина!\nВи се мољат две момчина,\nП'т сторите да поминат\nМеѓу двете убавите,\nНешто завал не ви чинет,\nР'це им се во џепови,\nЏеповите полни рамни,\nПолни рамни суво грозје.\nМеѓу Ката, меѓу Мара.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_408_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4834", "title": "Зборник на Миладиновци/ 409 песна", "text": "Се здружиле две момчиња,\nДвете, пак двете\nК'де ходат двете ходат,\nИ на еден гeргеф везат,\nЕдно руво двете прават,\nВ еден ковчек го клавает,\nИ пак двете си вељает:\n„Двете да се ом'жиме,\nИ обете в една кука,\nДа бидеме две јатарви,\nДве јатарви за два брата.”\nОбете се ом'жиха,\nС' омажиха в една куќа,\nИ бидоха две јатарви\nДве јатарви за два брата.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_409_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4828", "title": "Зборник на Миладиновци/ 406 песна", "text": "Даљ се чуло и видело\nОт сон мома да се грабит,\nИ от мајка и от татка,\nИ от девет мили браќа,\nИ от седум мили сестри,\nИ от осум мили снахи;\nДа го грабит Војводата\nВојводата Орушечки?\nТргна мома се разбуди,\nПисна моме да се плачет.\nЈе говори Војводата:\n„О ти моме, малко моме,\nНе прилегаш за каурка,\nТук прилегаш за к'дина,\nНа диван горе да седиш,\nИ бурунџук да си предиш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_406_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4838", "title": "Зборник на Миладиновци/ 411 песна", "text": "„Момичице бело! Дали би ме зело?”\n„Зело би те зело; мајка не ме дават,\nЗашто куќа немаш, куќа чардаклиа,\nКуќа чардаклиа с џамој и пенџери.”\n„Момичице мило! Бели пари имам,\nКуќа ке напраам с џамој и пенџери.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_411_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4825", "title": "Зборник на Миладиновци/ 404 песна", "text": "Прва вечер вечерафме\nЈасно пиле геребица;\nВтора вечер вечерафме,\nДва гулаба пролетни;\nTpeќa вечер вечерафме,\nТри кокошки менѓушки;\nЧетвортата вечерафме,\nЧетири пајки шепетајки;\nПета вечер вечерафме\nПет гуски недокубени;\nШеста вечер вечерафме\nШес овни недодрани;\nСедма вечер вечерафме\nСедум крави се јалови;\nОсма вечер вечерафме\nОсум гјарми волови,\nДеветата вечерафме\nДевет гјарми биволи;\nДесетата вечерафме\nДесет врзми камили;\nЕдинаесета вечерафме,\nЕдинаесет коњи крастави.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_404_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4830", "title": "Зборник на Миладиновци/ 407 песна", "text": "Каља имат црни очи\nКако грозје Камендолско,\nГоре долу разгледува\nКај што Турци кафе пиат.\nКај рисјани вино пиат\nШто имаше едно момче,\nЕдно момче Ѓан Ѓаниче,\nНи седуват, ни зборуват,\nГоре долу разгледват,\nИ во Каља погледуват,\nИ со глава надмрдуват,\nИ со р'ка намахнуват,\nТа со уста је зборуват:”\n„Ој ти Каљо, калеш Каљо!\nАјде, Каљо да бегаме\nДа бегаме наш виљает,\nДури гора шума имат,\nДури поле шетба имат,\nКрива река кумоника;\nНаш виљает мошне харен,\nНаш виљает до две с'нца.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_407_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 86, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4836", "title": "Зборник на Миладиновци/ 410 песна", "text": "Мома вода залеваше,\nНа неа се огледваше:\n„Папа, папа, што сум лепа\nШто сум лепа и убава,\nБи ме зело цареого\nЦареого азнатарче;\nДење ноште азно броит.\nЕребица крефко месо,\nОт зајака мека кожа,\nОт вдоица бела риза,\nОт девојка блага душа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_410_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4845", "title": "Зборник на Миладиновци/ 414 песна", "text": "Стојане, море Стојане,\nСтојане, бегов дрваре!\nНа два те друма терале,\nНа треки друм те фатиле,\nБели ти р'це врзале\nСо твојте црни потвески;\nДолу те в село слегое\nУ попатего старего.\nПопот иматтт две керки\nИ треќа снаа Митана:\n„Митано, жити два брата,\nИзвај ми некој две золви,\nПо еднош да и целивам\nПо дукат да и дарувам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_414_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4842", "title": "Зборник на Миладиновци/ 413 песна", "text": "Кинисало моме на квечер на вода,\nНа квечер на вода на ни една доба;\nИ је сусретило една лудо младо,\nМоме целивало и киска је зело,\nТешко не је падна дека је целива,\nПотешко је падна, зашт је киска зеде.\n„Как да појдам дома, на мајка да кажа!”\nIIраво појде дома дури на давиа\n„Кадиа, кадиа, суди как се судит;\nСум си кинисала на квечер на вода,\nНа квечер на вода на ни една доба,\nИ ме сусретило една лудо младо,\nМладо ме целива и киска ми ѕеде.\nТешко не ми падна дека ме целива,\nПотешко ми падна зашт' ми киска зеде.”\n„И јас да те најдам на ни една доба,\nИ јас те целивам и киска ке зе'ам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_413_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 120, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4853", "title": "Зборник на Миладиновци/ 418 песна", "text": "Љубика платно белеше\nПокрај белего Вардара,\nМи поминае винари,\nВинари вино носее;\nЉубика лепо говорит:\n„Винари, лепи вардари!\nНе прашете ми платното,\nОти је платно даровно.”\n,,Љубико, бела Бугарко!\nАљ сакаш, вино ракиа?\n„Винари, бела вардари!\nЈас нејкум вино ракиа,\nТук сакам бела винарче,\nШто одит напрет прет коњи\nСо црвениот џамадан.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_418_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4851", "title": "Зборник на Миладиновци/ 417 песна", "text": "„Што болна лежиш, Вранке девојке, мене не кажвиш,\nОт ошт си болна што боља имаш,\nШто болна имаш нa твоја сн'га?”\n„Не сум си болна, бре лудо млада, от моја болес,\nТук сум си болна , от Кудус ага,\nЗашто ми пушти млади сејмени,\nШто ми пление мој шарен ковчек,\nМој шарен ковчек с бели дарои.\nИ ми станала Вранка девојка,\nТа ми отишла при Кудус-ага,\nТа се качила на висок диван,\nСо гласој викат с'лѕи ми ронит:\n„Да видат госпаг, млат Кудус-ага, от твој сејмени\nШто ми пление мојот ковчек,\nВо ковчек имаф бела дарои,\nНе ми је жалба за бели дарој;\nТук ми је жалба за бела риза,\nСум ја везела девет години,\nСум поарџила девет иљади,\nДевет иљади срма, клабодан,\nМојата риза за мое лудо,\nДа му ја пуштам за голем пештеш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_417_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 138, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4847", "title": "Зборник на Миладиновци/ 415 песна", "text": "Мори Стано, малка Стано!\nТељал викат, личба личит,\nВојводата Омер ага\nОмер ага шахпентиа:\nВонка мома да н' излезе\nНи мома, та ни невеста,\nНи црноока вдоица,\nНи па младо м'жовница.\nКа си дочу малка Стано,\nТа си узе отворето,\nОтворето от килере,\nТа искара чисто рухо,\nСе промени, се нареди,\nСе аблече малка Стано\nКошуљата копринена,\nР'кавето бел бурунџук,\nВрз кошула сина саја,\nСитна саја ситновиа;\nВрз сајата либадето\nЛибадето срмалиа,\nСи опаса до две зунки\nДо две зунки цареградски,\nТа си кладе црвен фес,\nСи преврза момин мафез,\nПрефрли си туљбен крпа,\nКа си дочу, ка си разбра,\nНареди се, промени се,\nТа си узе нова стомна\nНова стомна и нарамка,\nТа киниса малка Стана\nКршем, кршем по сокаци\nКе помине крај Војводој\nКрај Војводој тешки порти.\nТамо леже млади Стојан\nВрзан, кован во железо,\nБукагии на ноѕето,\nДребен синџир на грлото\nСос белезии на р'цето.\nКа ја виде млади Стојан,\nКа ја виде млада Стана,\nТогај веле на Војвода:\n„Еј Војвода, рус Војвода!\nМољам ти се, клањам ти се,\nТако ти бога и вера,\nИ тако ти пост што постиш\nРамазанот за бајрамот!\nОтковај ме от железо,\nОтпушти ми бели р'це,\nДа престегнам малка Стана,\nДа целивам бело лице\nДважд за мене, трижд за тебе!”\nОн му веле и говоре:\n„Е ти Стојан, млади Стојан!\nТи за мома врзан лежиш,\nПа за мома збор ке чиниш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_415_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 233, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4848", "title": "Зборник на Миладиновци/ 416 песна", "text": "Стојанке девојко, к'де си ми била?”\n„Лудо ле, млада ле, ја сум била на пазар.”\n„Стојанке девојке, што бараше без мене?”\n„Лудо ле, млада ле, да си купам ал к'деља,\nДал ми идет Велигден, и ти сакаш пештеши,\nКе ти везам чораби, ке ти ткаам подвески.\nДа не ми се наљутиш, да је кажиш мајке ми,\nКак си зборот имаме, оба да го држиме;\nПо Велигден Ѓурѓовден, сакам пештеш от тебе,\nСакам гердан от бисер, сакам колан от срма,\nКако сме се зборвале, тако да се земиме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_416_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4854", "title": "Зборник на Миладиновци/ 419 песна", "text": "„Саракино црнооко,\nДарувај ми едно око!”\n„Море лудо, кутро младо!\nНи дарувам, ни продавам,\nДојди вечер на вечера\nНа вечера крај пенџера,\nДа ти даам и обеве\nИ обеве црни очи\nИ моево бело лице\nСо се мое бела грло.”\n„Саракино црнооко!\nЈас не можам да ти дојдам,\nОти сум си турски момок,\nТурски момок, коњски сеиз;\nВезден дење коњи пасам,\nА ноште си 'рти вардам,\nЈас не можам да остаам.”\n„Море лудо, кутро младо!\nКе те ука ја науча;\nУдри коњи во пајвани,\nА м'ските во железа,\nА 'ртите во ремење,\nТа дојди ми на вечера,\nДа се оба познаиме.”\nСаракино црнооко,\nКако што го научила,\nТака ука ја фатило;\nКлало коњи во пајвани,\nА м'ските во железа,\nИ 'ртите во ремења,\nТа си пошло на вечера.\nШто му даде црни очи,\nИ нејѕино бела лице\nБело лице, бела грло.\nМалу што се покочиле\nДур се зора обзорило.\nСтопани го побарале,\nШто да видет вељо чудо!\nСите коњи во пајвани,\nА м'ските во железа,\nА р'тите во ремења,\nТога си се почудиле;\nКабаето му простиле,\nЗашт се најде многу умен.\nАљ је умот от измеќар,\nАљ је умот љубовница?", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_419_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 194, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4856", "title": "Зборник на Миладиновци/ 420 песна", "text": "Јана идет од бањата\nИзмиена, иск'пана;\nЛудо идет от меана\nНајадено, напиено;\nСи јавнало брза коња\nИ со коња си подиграт,\nУба Јана је пристина.\nТога Јана му зборвеше:\n„Море лудо, кутро младо!\nПозапри си брза коња,\nДан' ме згазиш дан' ме сломиш?”\nТогаш лудо се измами,\nСи позапра брза коња.\nКапку лудо се позапра,\nШега Јана го подбила:\n„Најде волкот рудо јагне,\nНе умеит да го јахџтг;\nНаиде лудо малко моме\nНе умеит да го љубит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_420_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4859", "title": "Зборник на Миладиновци/ 421 песна", "text": "Пролетале два сиви сокола\nКун чаршиа, и кун баздриѓани,\nМу паднее Ево на рамена.\nЛичен Иво на кепенек седит,\nИ си редит перо пауноо;\nНе пореза перо пауноо,\nТук пореза р'чица десница.\nИ говорет два сиви сокола:\n„Ајти тебе Ива добар јунак!\nАљ те болит р'чица десница?”\nИ говорит Иво добар јунак;\n„Ајви вие два сиви сокола,\nНе ме болит р'чица десница,\nТук ме болит срце за девојка,\nШто помина лична Материна,\nТа што беше лепа и убава!\nКако беше лепа и убава,\nТака беше лепа промената;\nНаредена динар до динара,\nА на уши стребрени менѓуши,\nА на срце пафти позлаштени.\nКо помина близу крај дуќана,\nДинар тропна, мене срце клопна,\nДинар ѕвекни, мене срце трепни.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_421_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 119, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4866", "title": "Зборник на Миладиновци/ 425 песна", "text": "Месечино аврумо\nНе заожај на квечер,\nКоњо ми се в ливаѓе,\nМоме ми је на трева,\nКе одам моме да барам.\nПојдоф моме го најдоф,\nК'де трева ми брало,\nТука моме заспало;\nСрпот клала позглава,\nСо трева се покрила.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_425_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4862", "title": "Зборник на Миладиновци/ 423 песна", "text": "Прошетало се девојче\nНиз онје д'лги загони\nС два ибрика стребрени,\nСо две маштрапи златени;\nЛудо ми одит по неа.\nСпрсна ми моме да бегат;\nЗапнала ми се к'пина\nЗа момината кошуља.\nЛудо ми викат по неа:\n„Дрш је, к'пино, не пуштај,\nТвоја да бидит фаљбата,\nМоја да бидит момата.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_423_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4861", "title": "Зборник на Миладиновци/ 422 песна", "text": "Моме оит, брек се ронит,\nЛудо стоит спроти неа;\nЛудо лепо је вореше:\n„Држ се, моме, да не падниш\nДа не падниш, дан с' удаиш!”\nМома лепо говореше:\n„Море лудо, кутро младо!\nМакар би се удаила\nМојѕе мајке на страмота,\nА таткоје на подбишег,\nА братоје на инает!\nСношти даљ ме побарале\nОт три места три јунаци;\nНигде мајка не ме даде,\nНигде татко не ме сврши,\nНигде братец не ме зборва.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_422_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4868", "title": "Зборник на Миладиновци/ 426 песна", "text": "„Девојко, девојко, црвено јаболко!\nИзгореф за тебе, како лен за вода,\nБосиљок за сенка, ѕунѕуле за леса,\nКаленфур за роса, Турчин за кокошка\nТурчин за кокошка, јунак за девојко.”\n„Гори лудо, гори, ај да би изгорел,\nИ ја така горам, немам што да чинам.\nТатко не ме даат, мајка не остаат,\nОти куки немаш, висока чардаци,\nШарени одам, убаи џамои.”\n„Девојко, девојко, ти кука не гледај,\nТи кука не гледај, тук гледај јунака.\nЈас ке си откупам до двесте мајстори,\nТа ке си напраам висока чардаци,\nШарени одам, убаи џамои.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_426_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4871", "title": "Зборник на Миладиновци/ 427 песна", "text": "О Мано, Мано, Мано, мајсторче,\nБог да убиет твојата ума,\nДа што ми стана, да ми отиде,\nДа што ми собра триста мајстори,\nТриста мајстори двесте шегарти,\nТа си отиде во Солуна града,\nТамо да градиш висока кула,\nМи ја правило, и ја направи,\nПа се качило Мано мајсторче,\nТој да си мери висока кула.\nБог да убие Ѓурѓа вдоица!\nШто имала до една керка;\nЈа променала, ја накитила,\nИ ја обула ковани чевли,\nЈа прошетала низ махалата;\nЧевли тропнале, перја цвекнале,\nОт лице с'нце нејѕе угреа,\nШто се заврти Мано мајсторче,\nТа си погледа Јанина керка;\nКога ја виде, умот му зајде,\nОт кула падна, на скеле удри,\nОт скеле падна, на земја удри,\nОдвај со душа отговорило:\n„Вие мајстори, верна дружино!\nНа душа ви ет што ке ви речам,\nДа си појдете на чесна суда,\nНа таја судиа за поплака;\nДа закопате Ѓанина керка\nЃанина керка жива до мене.”\nТова си рече, в еднаш си умре.\nПа си станале триста мајстори,\nИ си пошле сите на судиа,\nНа судиа на тешка поплака.\nТамо ним суда им отсудило;\nПа закопаха Ѓанина керка,\nЃанина керка жива до Мана.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_427_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 189, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4864", "title": "Зборник на Миладиновци/ 424 песна", "text": "Заљубил јунак три девојчина,\nПрвата беше от Жито-поле,\nДругата беше от Винo-поле,\nТреката беше от Овче-поле.\nТаја што беше от Жито-поле\nПуштат допуштат книги за книги,\nКниги за книги, абер по абер\nКако да знаит моето лудо,\nКако да знаит, бргу да доит,\nМу се родило многуно жито;\nОт секое снопче кило ченица.\nТаја што беше от Вино-поле\nПуштат допуштат книги за книги\nКниги за книги, абер по абер\nКако да знаит моето лудо,\nКако да знаит, бргу да доит,\nМу се родило многуно грозје,\nОт секоја лоза по товар грозје.\nТаја што беше от Овче-поле\nПуштат допуштат книги за книги\nКниги за книги, абер по абер,\nМу се родило многу живинка,\nСекоја овца по две јагнина;\nМу се родило м'шконо дете,\nКум да си викнит, да си го крстит.\nВиде не виде, нигде не појде,\nТуку си појде, дете да крстит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_424_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 149, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4878", "title": "Зборник на Миладиновци/ 431 песна", "text": "„Видох мома в одајата,\nК'де ми се променуват;\nКе продаам сета стока,\nТуку таја да си земам;”\nМома велит и говорит:\n„Ој ти лудо, лудо младо!\nАко сум ти нар'чано,\nСамо тебе ке ти дојдам,\nКе ти пруснам во дворјето,\nКако крефка еберица;\nКе ти седнам на софрата,\nКак шарена преперица;\nКе ти легнам в постељата,\nКако кротко рудо јагне.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_431_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4877", "title": "Зборник на Миладиновци/ 430 песна", "text": "Мина мома харна\nХарна ем прехарна,\nСестра је Божана,\nАнѓа братучеда.\nСи три моми харна,\nЛепи, ем прелепи,\nАма зулумџии,\nЗулум ми чиниле\nНа Корчанско поле;\nБостан искинале,\nГердан загубиле.\nБостан си кинале,\nП'дар и уфанал.\nMинa му велеше:\n„Пушти мене, п'дар,\nМај ка не јет тука,\nОвде ке ме најдит,\nВ куки не ме земат.”\nВаха велееки,\nЕто ја достигна\nСестра је Божана,\nАнѓа братучеда;\nП'дарот фанале,\nР'це му врзале,\nВрзан г' остаиле,\nПосле побегнале.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_430_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 80, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4874", "title": "Зборник на Миладиновци/ 429 песна", "text": "Јана идет од баната\nИзмиена, истриена,\nИ на ситно уплетена,\nНа лесата китка цвеке.\nРаде греит от меана\nНајадено, напијено,\nСи јавнало брза кона;\nТам виде бела Јана,\nСи разигра брза коња,\nСи разшири бела р'це,\nДа прегрнит бела Јана.\nЈана му се милно молит:\n„Немој лудо, жити коња!\nНе чини ми ти страмота.”\nСе изл'га лудо младо,\nЈа остаи бела Јана;\nТамам лудо позамина,\nЈана му ое шега подби:\n„Стрети волкот рудо јагне,\nНе умеит да го давит;\nСтрети сокол еберица,\nПа не знаит да ј а ј адит.”\nИ ми дочу лудо младо,\nЃуч му падна на лудото:\n„Чекај, Јано, ти да видиш!”\nПа разигра брза коња,\nПа разшири бела р'це,\nИ ја грабна бела Јана,\nЈа фрли коњу зат себе:\n„Стој да видиш, бела Јано,\nКако волкот не умеит,\nДа си давит рудо јагне;\nКако сокол не умеит,\nДа си грабит еберица!”\nЈа однесе бела Јена,\nБела Јана у свој дворје.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_429_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 157, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4872", "title": "Зборник на Миладиновци/ 428 песна", "text": "Собрале ми се, набрале\nСите девојки Беровки\nУ Николица вдоица,\nУ таја самоглавница.\nДрвата си догореле,\nВодата си ја допиле,\nГрозјето си дозобале.\nПуштиле Трна на дрва,\nПуштиле Тода на вода,\nПуштиле Грозда на грозје.\nДојде си Трна от дрва,\nДојде си Тода от вода,\nМома Гроздана ја немат.\nСи прескакала плетина,\nСи нагазила пет мина\nПетина млади п'дари;\nШто му стапила на гр'ди,\nМу искршила чапраѕи.\nИ ми станало п'дарче,\nМи ја фатило Гроздана,\nГроздана му се молеше:\n„П'даре, брате рогено!\nНемој ми чини страмота,\nЈас голем дар ке ти даам,\nКошуља ке ти сошиам,\nЧораби ке ти нашарам.”\nИ се изл'га п'дарче,\nШто си ја пушти Граздана;\nДојде си Грзода со грозје.\nМи помина недеља\nИ ми се стретја Грозданка\nГрозданка и п'дарчето.\nП'дарче Грозде велеше:\n„Грозде ле, моме убаво!\nКамо ти дар што ми такса?”\nПа изговори Грозданка:\n„П'дарче, селско магарче!\nКај сум те тебе видело,\nШто дар сум тебе таксало?”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_428_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 163, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4883", "title": "Зборник на Миладиновци/ 433 песна", "text": "Елено бајрак девојко!\nНе качи перо високо,\nНе држи сенка голема!\nДо Солун сенка ми држиш\nНа Солунските овчари.\nОвчари јагне печеа,\nСо шарен кавал свиреа,\nЕленина песна пееа:\n„Елено, убаа девојко!\nШто сенка д'лга си имаш,\nСенката овде достигвит,\nПот сенка да си играме,\nВесели све да бидиме.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_433_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4888", "title": "Зборник на Миладиновци/ 436 песна", "text": "Разделина мајка плетит,\nМајка плетит љуто к'лнит:\n„Разделина, мила керко!\nКапнала ти руса коса!\nВеке ми се здодеало,\nРуса коса плетееки,\nСо горници, сос долници,\nСтој педесет потлесници.”\nРазделине ѓуч је падна,\nОт тук стана Разделина,\nДа отиде на бербера,\nСи обричи руса коса.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_436_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 45, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4880", "title": "Зборник на Миладиновци/ 432 песна", "text": "Заиграла Јана на малата врата,\nПот белата лоза, на мраморна плоча,\nСо девет девери и со осум золви;\nОтронила Јана бисер от грлото,\nПоткршила Јана потков от чевлите,\nМи ја виде Јана нејзина свекрва:\n„Нека Јано, нека, нека мила снахо,\nНека доит Ѓуро, ке те наклеветам.”\nИ си дојде Ѓуро, и ја наклевети.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_432_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4887", "title": "Зборник на Миладиновци/ 435 песна", "text": "„Леле бегу Афмет бегу,\nДели легна, дели заспа,\nДели виде сон за Неда,\nОти Неда се свршила,\nСе свршила, побегнала?”\n„Ето Каља настанала,\nДа не конак забораиш,\nДа не луѓе отпознаиш,\nПоубаа поработна.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_435_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4891", "title": "Зборник на Миладиновци/ 437 песна", "text": "Мајка Јана скориваше,\nПо тремои, по одаи.\nЗаспала ми назли Гјана,\nВо недеља на утрина\nНа постели бамбакерни,\nНа перници копринени,\nПот јоргани бадемлии.\n„Стани Јано, стана керко!\nСонце ми се разгреало,\nСи другачки растанале;\nГолаби се разгугале\nПо црвени трандафили;\nПауни се распеале\nПо црвени карафили!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_437_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4884", "title": "Зборник на Миладиновци/ 434 песна", "text": "Скарале се, скарале\nТри девојки убави\nНа еднего јунака,\nНа сирака Стојана;\nЕдна беше Влаина,\nДруга беше Гркина,\nTpeкa беше Бугарка.\nBлaинa му велеше:\n„Земи мене, јуначе!\nМногу прит ке донеса\nТри тоари чораби,\nТриста бели грошеи.”\n„Гркина му велеше:\n„Земај мене, јуначе!\nМногу прит ке донесам,\nТри тоари коприна,\nТриста жолти дукади.”\nБугарка му велеше:\n„Земи мене, јуначе!\nМногу прит ке донесам,\nТри амбари пченица,\nЕдна сурја волови.”\nЈуначе ним им велеше,\nКој ке мене изнесит\nПрек' белего Дунава,\nДа неа ке изберам\nДа неа ке ја земам.”\nКренала го Влаина,\nНосила го, носила,\nДо крај бело Дунава:\nПривикала Влаина;\n„Ела, ела Гркино!\nУдаифме јунака.”\nГо кренала Гркино,\nНосила го носила\nДо стрет бело Дунава;\nПривикала Гркино:\n„Ела, ела Бугарке!\nУдаифме јунака.”\nСе загнала Бугарка,\nЧукнало го, пљуснала,\nНа свој бели рамена,\nНосила го. носила,\nИз крај бело Дунава.\nНеа јунак си зеде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_434_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 144, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4893", "title": "Зборник на Миладиновци/ 438 песна", "text": "„Девојко, мори Марио!\nМе пушти мајстор до тебе,\nТи да ми даиш ибришим\nИбришим, свила коприна,\nДа ти сошиет фустанот,\nТој пушти фустан до земи.”\n„Јуначе, море шегарче!\nДека ме мајстор видело,\nШто ми кроило фустанот?”\n„Девојко, мори девојко!\nКога одеше на бана\nСо дванаесет робинки,\nСо тринаесет алајки;\nРобинки п'тот метеа,\nАлај ки поли крепеа.\nТогај , девој ко, мајстор ми\nОт сенка фустан ти крои.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_438_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4894", "title": "Зборник на Миладиновци/ 439 песна", "text": "„Ивано вино црвено!\nЗаспало ти је момчето\nНа Каракамен планина.\nУкрале му го фефчето,\nУкрале му ја чалмата,\nУкрале му го бинишот.”\n„Окутра му го фефчето,\nОкутра му ја чалмата,\nОкутра му го бинишот!\nНека је живо момчето!\nВ ковчек си имат фефчина,\nВ ковчек си имат чалма,\nВ ковчек си имат биниш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_439_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4896", "title": "Зборник на Миладиновци/ 440 песна", "text": "Вила се је бела лоза,\nОколо града Будима;\nНе је била бела лоза,\nТок си биле до две луди,\nДо две луди, до две драги;\nЕдното црвен карафил\nА другото бела ружа;\nМеѓу себеси зборуват:\nОни две да се раздељат.\nТогај веле бела ружа:\n„Остан' с богом ти карафил!\nКе појдам в гора зелена.”\nТогај веле карафиљот;\n„Оди с здравје, бела ружо!\nТи да знаиш, да паметваш,\nЕм и да си имаш на ум,\nКа ке појдиш во гората,\nТамо има извир вода,\nИзвир вода се студена,\nВо изворот до две груди,\nДо две груди снегови.\nКа се лејат до две груди,\nДо дву груди снегови,\nТак ке се лејат момините\nМомините пазухи;\nТака душа ке се леит\nМоја душа по тебе.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_440_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 122, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4899", "title": "Зборник на Миладиновци/ 441 песна", "text": "Цона мајка плете\nМајчина к'дано,\nТејкова султано!\nЦоно, мори Цоно\nСитни дребни коси,\nПлете и тихо пита:\n„Цоно, мила штерко!\nШто ти е бенка на чело,\nБелек на грлото\nКрај црвен гердан?”\nИ она говоре:\n„Лели питаш, мале,\nПраво ке ти кажам.\nНие сношти, мале,\nГости сме имале,\nВода сме немали;\nПојдох на чешмата\nВода да налиам;\nВода ја си најдех,\nА рет не си најдех.\nПостојах, почеках,\nДур ми дојде редот,\nИ вода си налех.\nБог да бие, мале,\nПетре биволарче,\nДонесе пашови,\nБиволи да напои.\nБог да бие, мале,\nПашовот стар бивол,\nСо глава си м'хна,\nБенка мене чини\nБенка на челото.\nС опашка зам'хна,\nИ белек ми чини\nБелек на грлото.”\nТогај она веле:\n„Црно, мила штерко,\nЛ’жи кого л’жиш,\nА мајка ним л'жиш;\nИ мајка вражила\nТие врагоштине,\nИ мајка љубила,\nКога беше млада.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_441_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 144, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4901", "title": "Зборник на Миладиновци/ 442 песна", "text": "Еј Малино Ѓанешанко\nЃанешанко, вражка штерко!\nКого мајка каре, уче,\nКого врага ке науче?\nНим се често променувај,\nПо дваш, по триш во недеља,\nДевет п'ти во месецот,\nДванаесет в годината.\nНа тебе ми ти се фале\nТи се фале левент Нако,\nКукушкото ранениче,\nГорничово крштениче,\nНа тебе се фалба фале,\nДек те најде, да те задре.\nКак си дочула Малина,\nНе послуша стара мајка,\nТа си узе леен, ибрик,\nТа си изми бело лице,\nТа си узе отворето,\nСи отвори килерето\nКилерето, ковчеџето,\nТа изкара чисто рухо.\nСе промени, се нареди,\nТа си узе нова стомна,\nНова стомна на рамка,\nТа појде за студна вода,\nСи нали и се поврна.\nКа ја срете левент Нако,\nТа и веле и говоре:\n„Малино, мила Малино!\nДаљ да ти вода истурам,\nДали да ти стомна скршам,\nИљ да ти китка земам,\nИли да ти китка земам,\nОна веле и говоре:\n„Море лудо, лудо младо!\nАко стомна ти ми скршиш,\nНова стомна ке ми купиш:\nАко вода ми истуриш,\nКе се врнам, ќе налеам;\nЛице ако ми целиваш,\nФлорина ке ме даруваш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_442_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 180, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4902", "title": "Зборник на Миладиновци/ 443 песна", "text": "„Саве сино, што те паша зове,\nДек ке те најде, ке те погубе.”\n„Варај мале, мале стара мале!\nКако мене да не ме погубе,\nСношти бех си на ладна меана,\nКинисах си дома да си дојдам,\nМома идеше от топлите бање,\nСе сретихме в еден тесен сокак,\nБог да биет копче от тозлукот!\nШто закачи момините гашти;\nНаведих се, копче да откачам,\nБог да биет копче от минтана!\nШто закачи момини гердана,\nТа искина гердан от грлото,\nТа изрони бисер дробен бисер.\nНаведех се бисер да соберам,\nДробен бисер и жолти флорини,\nБог да бие моја лева уста,\nШто целива и белото лице!\nБог да биет моите мустаци,\nШто целива и белото лице!\nБог да бие моите мустаци,\nСе збркаха с момини зулове.\nОт това ме мене паша зове,\nДек ке ме најдит, ке ме погубит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_443_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 136, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4909", "title": "Зборник на Миладиновци/ 446 песна", "text": "„Мори Недо, бела Недо!\nНа кого си наљутена\nНаљутена, насрдена?\nДаљ на мајка, даљ на тејко?\nИљ на твојте до два брата\nДо два брата, два близнака?”\nОна веле и говоре:\n„Не сум, лудо наљутена,\nНи на мајка, ни на тејко,\nНи на мојте до два брата;\nНа тебе сум наљутена.\nНим ми врви ноќем време,\nНиз нашите рамни дворје,\nНим ми чини ноќе прилиз.\nМи загина тонко платно\nТонко платно от разбојот,\nТенка риза от гергефот.”\nА он веле и говоре:\n„Мори Недо, бела Недо!\nНим бери кахар, касавет,\nЈас ти узех тенко платно,\nТа го носих в град Солуна,\nНа Солунски богјаџии,\nДа се вапса за чадире,\nЕдин бел, а втори румен,\nА третиот чадир зелен.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_446_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 118, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4913", "title": "Зборник на Миладиновци/ 448 песна", "text": "Море моме, Љулеа!\nЗашт' не зборваш со мене?”\n„Море лудо да младо!\nШто збор имам со тебе?\nНие оба сме братучеди.”\n„Море моме Љулеа!\nЛепата чупа сој нема,\nШироко поле крај нема,\nДлабоко море дип нема.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_448_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4905", "title": "Зборник на Миладиновци/ 444 песна", "text": "„Оти, лудо, оти, младо, в нас не идиш,\nВ нас не идиш, като как идеше?\nДали коња немаш, дали п'т не знаиш?\nАко коња немаш, гердан да разнижам\nГердан да разнижам, коња да ти купам,\nИ в нас да ни дојдиш, като как идеше.\nАко п'т не знаиш, брата да ти пуштам,\nП'т тој да ти каже, и в нас да ми дојдиш.\nА оно и веле, веле и говоре:\n„Брза коња имам, до два п'та си знам,\nЕла сум на тебе мошне наљутено;\nДали знаиш, моме, кога ми прегреши\nНа белите чешми, прет твоите друшки?”\nИ она му веле, веле и говоре:\n„Еј ти море лудо, лудо ем да младо!\nПрости мене, лудо, прости мене, младо,\nПијана сум била, сум ти погрешила,\nЗеми мене лудо, земи мене, младо,\nДоста мене л'жиш сега три години.”\nТогај веле лудо, тоа лудо младо:\n„Зел бех тебе, Злато, зел бех тебе, добро,\nИ ја да те земам, а што да ти чинам;\nЉуба ја си имам от тебе помлада,\nПоубава, повисока, поцрноока.\nЕла таја си је мошне аџамиа,\nДен везден при мене, ден везден ми сех\nВечер ке замркнит, вечера ке зготвит,\nНа мен ке постеле, и ке си побегне.\nОт това сум, момо, мошне кахарлиа,\nЈа при тебе идам огин да помине.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_444_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 215, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4906", "title": "Зборник на Миладиновци/ 445 песна", "text": "„Трено, пиленце шарено!\nВо ваша горна махала\nДаљ има моми хубави,\nДаљ има момо за мене?”\nОн му веле, говоре:\n„Баче ле, баче Стојане,\nВ нашата горна махала\nСкоро је чума вртела,\nСите си моми измрели,\nМома си нема за тебе\nЗа тебека, спроти тебе.”\nТогај и веле, говоре:\n„Трено, пиленце шарено!\nДигни си ведро на рамо,\nНали го вода студена,\nНа водата се огледај,\nКоја мома ти ке видиш,\nТаја ке бидит за мене,\nИ јас ке бидам за неја.”\nТрено го је послушала,\nДигна си ведро на рамо,\nНали го вода студена,\nНад водата се огледа,\nНикоја мома не виде,\nСама себе она виде.\nТогај веле и говоре:\n„Баче ле, баче Стојане!\nНајдех си вода студена,\nНад водата се огледах,\nНикоја момо не видех,\nСама себе си се видех.”\nТогај и веле говоре:\n„Трено, пиленце шарено!\nШто толку си аџамиа,\nШто толку не се сештаваш,\nОти не ми ти текнува,\nОти за мене ке бидиш,\nИ јас за тебе ке бидам? “\nТогај му веле и гoворе:\n„Баче ле, баче Стојане!\nПодмести се от местото,\nДа не тебе господ тресне,\nОт јаснина до пладнина!\nНие сме близу роднина,\nТејко и чико два брата,\nМајка и чина јатарви.\nНие с тебе братучеди.”\nСтојан и веле говоре:\n„Трено, пиленце шарено!\nУбава момо рот немат,\nШироко поле хот немат,\nД'лбоко море дно немат,\nВисоко дрво сен немат,\nКалешо јагне грех немат.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_445_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 230, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4914", "title": "Зборник на Миладиновци/ 449 песна", "text": "Аман моме, ти се мола,\nНе ме м'ми, гја зевај ме,\nНе ме чини да полуда;\nДа не варам ноштна кова,\nНоштна кова на полуношт;\nКој не знаит, луд ме чини,\nКој ме пулит, волк ме чини,\nДа не варам по стреите,\nДа ме капе капчињете.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_449_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4921", "title": "Зборник на Миладиновци/ 452 песна", "text": "„Мануше, душе милото!\nКој беше сношти при тебе?”\n„О море лудо, да младо!\nБорина немах да светна,\nТемница беше не видох,\nКај твојата сенка сенваше,\nТвојата шамја ја најдох\nКај твојата глава врзана,\nНа мојата десна пазува,\nСо три флорини на негја.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_452_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4918", "title": "Зборник на Миладиновци/ 451 песна", "text": "„Вчера вечер не сум спала,\nОва вечер ми се дреме,\nСо тиге очи шарени,\nСо тиге веги гајтани,\nНа високата планина,\nНа широката ледина.\nСтани ми, лудо, гја стани,\nЗвездата удри, зора обзори,\nТри п'ти пропе биљбиљот,\nА девет п'та пауно;\nСтани ми, лудо, оди си,\nДека ми иди мајка ми.”\n„Поспи ми, моме, подреми\nНа мојте бели пазуви,\nНа мојте злати колена,\nДури да удри звездата.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_451_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4924", "title": "Зборник на Миладиновци/ 454 песна", "text": "„Око, Доко, црнооко!\nОткако се посвршифме,\nНикако не се видифме,\nЕљум еднош на извори;\nМалу што си позборафме,\nДури с'нце зиде зајде,\nМесечина ми угреа.”\nМалко моме прогоори:\n„Мори лудо, кутро младо!\nКако дома ке си појдам,\nКако мајка ке је кажам!”\n,,Море моме, малко моме!\nКако мајка да изм'миш?\nПадна паша в ливаѓето,\nМи зедоа клашеникот,\nПашу коњa потседлае;\nМи зедоа ѕуницата,\nПашу коња попражие;\nТака мајке да је кажиш,\nТака мајка да изм'миш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_454_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4917", "title": "Зборник на Миладиновци/ 450 песна", "text": "„Моме, море мило, не стој спроти мене,\nНе ме гори мене, изгорех за тебе,\nЖили ми попече, колена ми скина.”\n„Гори, лудо, гори, гори да изгориш,\nКа елен за вода, босиљок за сенка;\n„Мори моме мила, јас тебе ке зевам\nСеди ми со здравје, моме мори златна,\nУтре јаска ода, зборок ке остава,\nПа да ми се чиниш горска јаребица,\nГјаска ке се стора сокол да те лова,\nТа да си летниме ние оба токмо,\nНие оба токмо, вишно, дá високо.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_450_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4911", "title": "Зборник на Миладиновци/ 447 песна", "text": "„Мори Мито, Мито моме,\nМито моме, душа моја!\nИскам нешто да те питам,\nСакам право да ми кажиш;\nШто си толку расипана,\nТенка уста кора фати,\nКато мома армасана,\nКато риба отруена,\nНа песокта исфрлена?\nДали си болна лежала,\nИли си болес гледала?”\nОна веле, ем говоре:\n„Море лудо аџамиа,\nНи сум болна ја лежала,\nНи сум болест ја гледала,\nСлушај право да ти кажам\nТок сум јазе расипана,\nОт твоите тешки зборове.\nЕм ми пушташ, ем се фалиш,\nДека ходиш мен зборуваш;\nМи ја дават Мита мома\nМи ја дават, ми ја мољат,\nЕла јазе си ја нејкам,\nМошне клета ја кажуват,\nЕм клета, ем и проклета.”\n„Мори Мито, Мито моме!\nНе слушај светски зборове,\nЗборове остри ножове!\nСе м'чат да не раздељат\nТебека, Мито, от мене,\nМенека, Мито, от мене.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_447_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 133, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4923", "title": "Зборник на Миладиновци/ 453 песна", "text": "„Тамо горе зеленее,\nМое срце ми чернее\nЗа една мома от селато\nО мој бара промената\nПромената направена\nБело лице завиена,\nСо флорини на челото;\nЗашто мене не ме зева?”\n„Море лудо, море младо!\nМајка имам не ме дава.”\n„Мори моме, калешото!\nНа мајка ти голем пештеш\nГолем пештеш, ж'лти чевли.”\n„Море лудо, море младо!\nБратја имам не ме дават.”\n„Море моме калешото!\nНа братја ти голем пештеш\nГолем пештеш, шарен туфек,\nДа си оди на планина,\nДа си лови гјаребици,\nТоку мене ти зевај ме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_453_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4927", "title": "Зборник на Миладиновци/ 455 песна", "text": "„Вељо, мори Вељо, стребрена Вељушо,\nСтребрена Вељушо, злата трепетушо,\nСолунското грозје, Стамболското цвеке!\nАјде да си ојме на врф на планина!”\n„Јанче море, Јанче, стребрено герданче,\nШто ми те носет момите на грло!\nЕли ке си ојме на врф на планина,\nТамо ке не фатит проклетана зима.”\n„Веље, мори Вељо, стребрена Вељушо,\nСолунското грозје, Стамболсконо цвеке!\nАко да не фатит проклетана зима,\nТа ја дал си имам белион јапанџак,\nКе ми те покриам, ке ми те завиам;\nНека зима доит, тамо ке зимниме,\nНека лето доит, тамо ке летвиме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_455_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4928", "title": "Зборник на Миладиновци/ 456 песна", "text": "Што појдоф в село Дреноо,\nМајко ле мила!\nШто најдоф момче убаво,\nШто брза коња јаваше,\nШто русо перче имаше;\nШто силен ветар вееше ,\nПерчето му го вееше\nНа широките рамена.\nДади ме, мајко, за него,\nСама ке трчам по него;\nПак да ме чекаш в година\nСо русо момче прет мене,\nСо м'шко дете на р'це.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_456_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4931", "title": "Зборник на Миладиновци/ 457 песна", "text": "От згора идет едно лудо младо,\nЕдно лудо младо, едно аџамиа,\nВо р'це ми носит шарени вретена,\nИ го стрети едно стара баба:\n„А егиди лудо аџамиа!\nК'д ке носиш шарени вретена?”\n„Ејди баба, мори стара баба!\nЈас ке и носам на малките моми,\nТие ке ми прајет бурунџук кошуља,\nБурунџук кошуља, риза абдеслиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_457_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4932", "title": "Зборник на Миладиновци/ 458 песна", "text": "Поминаф еднош на мостаг,\nВидоф мома на пенџера,\nСо мајка си се караше\n„Мајко мила ом'жи ме,\nН' арна куќа намести ме,\nАрно момче отбери ми,\nКако мене, спроти мене,\nКак црвени трандафили.\nКак шарени аргаани.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_458_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4939", "title": "Зборник на Миладиновци/ 461 песна", "text": "„К'де си било, Јано, к'де си шетало?”\n,.Врви си в п'тем, лудо, не задирај ме,\nЈа сум било, лудо, долна градина,\nБразди да праам, лудо, вода да м'мам,\nЦвеке да вадам, лудо, сино зелено,\nСино зелено, лудо, бело црвено,\nИ негде годе, лудо, рамен босиљок.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_461_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4935", "title": "Зборник на Миладиновци/ 459 песна", "text": "Пијан легнаф, шпирт мори Јано ле, пијан заспаф,\nТа седни ми,- - - на скутеи,\nОтпетљај ми- - - чапраѕиве,\nЧапраѕиве - - - от елеков,\nВиди ми је - - - кошуљава,\nТри година - - - неиспрана.”\n„Немам вода, лудо море, да је исперам.”\n„Твојте очи, шпирт мори Јано, два кладенца,\nДа испериш, шпирт мори Јано, кошуљава.”\nНемам сапун, лудо ле море, да је избељам.”\n„Твојте р'це, шпирт море Јано, раки сапун.”\n„Немам плоча, лудо ле море. да исчукам.”\n„Твојте ноѕе, шпирт море Јано, мрамор плоча.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_459_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4936", "title": "Зборник на Миладиновци/ 460 песна", "text": "Чие је она девојче,\nШто рано ранит на вода,\nОт сите моми порано,\nОт калешести невести,\nОт црнооки вдоици;\nШто носит дукат на чело,\nШто носит перо на јеро?\nТурила коса на рамо,\nТурила феса нат око,\nДа гледат поле широко.\nШироко поле крај немат,\nДрево високо рот немат,\nГлобоко море глет немат,\nДробнана песок број немат,\nМалата мома рот немат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_460_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4947", "title": "Зборник на Миладиновци/ 465 песна", "text": "Дека те еднош целиваф,\nЈан Јано мори!\nЈас не те тебе изедоф,\nТа крена тешка давиа,\nНа тие Турци залами,\nНа тие земски сејмени?\nТешка ме глоба глобие,\nЦрна ресачка јанинска,\nСо дванадесет ширити,\nСо тринадесет петлици;\nСето ми рубо пление.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_465_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 41, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4941", "title": "Зборник на Миладиновци/ 462 песна", "text": "Тамо горе извор вода студена;\nШто одеше малко моме на вода,\nМи одеше лудо младо по неа:\n„Дај ми боже, да се ставам со неа,\nДа целивам бело лице от неа,\nДа целивам црни очи от неа.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_462_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4949", "title": "Зборник на Миладиновци/ 466 песна", "text": "„Што си повенала, мила Јано, како лен за вода,\nКако лен за вода - - босиљок за сенка?”\n„Ја да ти кажам, желен горок, што су повенала,\nКако лен за вода, - - босиљок за сенка.\nЈас лели си имаф - - едничкего брата,\nИ тој не је овде - - тук ми заскитало,\nМи го кажвет брата - - к'де ми ошол;\nБратец ми ошол - - в гора арамиа,\nВ гора арамиа - - в поле кесеџиа.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_466_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4942", "title": "Зборник на Миладиновци/ 463 песна", "text": ",,Ке те опитам, Јано ле, што црно носиш?\nАљ татка жаљаш, - аљ мила мајка?\n„Ни татка жаља, лудо ле, ни мила мајка,\nТук си го жаља - лудото младо,\nЕто ми имат, лудо ле, до девет години\nДевет години, - десето лето\nНи книга пуштат, - ни само идет.\n,,Ти да го видиш, Јано, ле, дан' го познаваш?”\n„Јас да го видам, лудо ле, си го познаам,\nНа десна нога, - нишан ми имат,\nНа десна нога, - мал прст ми немат.”\n„Ја извади ми, Јано ле, моите скорни,\nДа ми измиеш, - беливе ноѕе!”\n„Кога изваде, - десниот скорен,\nВчасот го позна - лудото младо:\n„Ја ми те чекаф, лудо ле, девет години,\nЗа тоа носеф - црна марама,\nЈа тебе, лудо, - не забораиф.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_463_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 116, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4956", "title": "Зборник на Миладиновци/ 470 песна", "text": "Поминуам, наминуам,\nИ за Грозда опитуам,\nК'де седит калеш Грозда\nКалеш Грозда бојаџиа,\nДа ми вапсат два бајрака,\nЕден црвен, други зелен;\nЗелениот за Турчина,\nЦрвениот за каурин\nЗа каурин за на војска.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_470_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 34, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4954", "title": "Зборник на Миладиновци/ 469 песна", "text": "Ако ме љубиш, ако ме сакаш\nСобуј се себе, обуј ме мене,\nТа да одиме да прошетаме\nГоре и долу, се кун бафчите,\nДа набериме шамиа круши;\nОф леле крушо,\nМомино душо!\nАко ме љубиш, ако ме сакаш,\nСобуј се себе, обуј ме мене,\nТа да одиме да прошетаме\nГоре и долу се кун лозјата,\nДа набериме шамиа грозје,\nЈас касни грозје, ти зобни грозје;\nОф леле грозје, момино око!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_469_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4951", "title": "Зборник на Миладиновци/ 467 песна", "text": "Моме црнооко, црвена јаболко!\nОпитај го татка ти дал те дават за мене.”\n„Лудо, море лудо, лудо аџамиа!\nТатко куќа глоба дават,\nМене не ме дават,\nИ куќата глоба,\nИ пак ние оба,\nВо топлата соба.”\n,,Моме црнооко, црвено јаболко!\nOпитaj ја мајка ти дал те дават за мене.”\n„Лудо море лудо, лудо аџамиа!\nМај ка фурка глоба дават\nМене не ме дават,\nИ фурката глоба,\nИ пак ние оба,\nВо топлата соба.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_467_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4953", "title": "Зборник на Миладиновци/ 468 песна", "text": "Скарале се, скарале\nТри девојки убаи\nНа добрего јунака.\nПрва беше Лаина,\nВтората беше Гркина,\nTpeka беше Бугарка;\nЛаина му велеше:\n„Земај мене јуначе!\nМногу прика ти носам,\nТриста овци м'лзници\nСо се рудн јаганца.”\nГркина му велеше;\n„Земај мене јуначе!\nМногу прика ти носам\nТриста ока коприна.”\nБугарка му велеше:\n„Земај мене јуначе!\nМногу прика ти носам,\nДевет рала волои,\nСо се девет плуroи.”\n„Кој ке мене преносит\nПреко бела Дунафа,\nТаја мома ке земам.”\nСтанала ми Влаина,\nДигнала ми јунака,\nНосила го носила,\nПрибра да го удаит:\n„Ослепела Гркина!\nУдаифме јунака:\nФрлила го Влаина,\nДигнала го Гркина;\nНосила го носила\nДо стрет бела Дунафа,\nПрибра да го удаит.\nФрлила го Гркина,\nГо дигнала Бугарка,\nБугарка го префрли\nПреку бела Дунафа.\nТаја мома је зеде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_468_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 127, "cyrillic": 0.992}
{"id": "4960", "title": "Зборник на Миладиновци/ 472 песна", "text": "Потекла ми вода, вода сунгерлиа,\nПонесла ми круша, круша шербетлиа,\nПот крушата имат еден шарен одар,\nНа одар ми седит мома Ангелина.\nМи помина старо, старо гурељоо:\n,,Добро утро моме, моме Ангелино!”\n,,Дал бог добро, старо, старо гурељоо!”\n,,Аљ се пиет вода, вода сунгерлиа,\nАљ се јадутт круша, круша шербетлиа,\nАљ се љубит моме, моме Ангелина?”\nога зборвит моме, моме Ангелина;\n,,Ид' от тука, старо, старо гурељоо!\nНе се пиет вода, вода сунгерлиа,\nНе се јадит круша, круша шербетлиа,\nНе се љубит моме, моме Ангелина.”\nПотекла ми вода, вода сунгерлиа,\nПонесла ми круша, круша шербетлиа,\nПот крушата имат еден шарен одар,\nНа одар ми седит мома Ангелина.\nМи помина лудо, лудо неженото:\n,,Добро утро моме, моме Ангелино!”\n,,Дал бог добро, лудо, лудо неженато!”\n,,Аљ се пиет вода, вода сунгерлиа,\nАљ се ј адит круша, круша шербетлиа,\nАљ се љубит моме, моме Ангелина?”\n,,А егиди лудо, лудо аџамиа!\nИ вода се пиет и круша се јадит,\nИ моме се љубит, моме Ангелина.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_472_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 161, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4959", "title": "Зборник на Миладиновци/ 471 песна", "text": "Питал је Стојан Бојана,\nПитал је за три години,\nМајка је не ја даваше,\nБојана ми го сакаше.\nМи стана бела Бојана,\nМи влезе в земни керали,\nОткључи ковчек шарени,\nБело си руво изваде,\nИ лепо ми се промена;\nСи посла рамни дворои,\nСи посла мека постеља,\nЛегна Бојана да спиет,\nОт нахол ми је умрела.\nИ је догледа мајка је,\nРасплети коса нат неа,\nВикна со т'ги по неа:\n„Бог да те прости Бојана!”\nБраке је лепо говорет:\n„Мајка ле, мила мајко ле!\nДа појме в гора зелена,\nДа зејме змиа љутица,\nДа је кладиме в пазуа;\nДан је от нафол умрена.”\nПојдое в гора зелена,\nНајдое змиа лутица,\nИ је кладое в пазуа;\nБар не Бајана мрднала.\nПак је говорет браке је;\n„Мајка ле, мила мајко ле!\nДа зејме живи јаглења,\nДа је клаиме в пазуа,\nАк је от нафол умрена,\nБојана ке се разбудит.”\nЗедое живи јаглења,\nИ је кладое в пазуа;\nБар не Бајана мрднала.\nПак си говорат браке је:\n„Мајка ле, мила мајко ле!\nДа го викниме Стојана,\nАк је от нафол умрена,\nБојана ке се разбудит.”\nИ го викнее Стојана,\nСтојан је сегна в пазуа,\nКолку је сегна в пазуа,\nБојана ми се разбуди.\nБојана лепо гоорит:\n„Мајко ле, мила мајко ле!\nШто беф си лепо заспала.”\n„Керко ле, мила Бојано!\nКога ти змиа кладофме,\nКак не те тебе изеде?\nКога ти оган кладофме,\nКако не ми те изгоре?”\n„Мајко ле, мила мајко ле!\nКога ми змиа кладофте,\nКак да ме роса оброси;\nКога ми огон кладофте,\nКак да ме с'нце угреа.”\nБојано керко рогено!\nКога ти сегна в пазуа,\nКако не ми се уплаши?”\n„Мајко ле, мила мајко ле!\nЗашто ми сегна в пазуа,\nСо него да се кердоса.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_471_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 288, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4963", "title": "Зборник на Миладиновци/ 473 песна", "text": "Станаф пиле шарено,\nПојдоф во гора зелена,\nНајдоф грутка снегоа\nТа је кладоф в пазуа,\nТа је р'чаф пор'чаф:\n,,Копни грутко снегоа,\nКако копнит млат јунак\nЗа убаа девојка.”\nСтанаф пиле шарено,\nПојдоф в гора зелена,\nНајдоф сено косено,\nТа му р'чаф нар'чаф:\n„Копни сено косено,\nКак копнеит девојка,\nЗа добраго јунака.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_473_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4964", "title": "Зборник на Миладиновци/ 474 песна", "text": "„Деспино, русо Деспино!\nДали си било кун Воден\nКун Воден, душо, на пазар!”\n„Спаифче, лудо заимче!\nВчера сум дошла от таде.”\n„Деспино, русо Деспино!\nШто абер си ми донесла?\n„Спаифче, лудо заимче,\nГолем ти абер донесоф,\nСпаии ми се пишвее,\nНа силна војска да одет.”\n„Деспино, русо Деспино,\nДали и мене писае?\n„Спаифче, лудо заимче!\nТебе те напрет пишее,\nЗелени бајрак да носиш\nДур на Црвено Јаболко.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_474_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4966", "title": "Зборник на Миладиновци/ 475 песна", "text": "Прошета моме, момe Влаинче,\nНиз рамни дворје, дворје братови,\nПоли се сучит дури до погјас,\nР'це си прегнит дур до рамена;\nГрујо ја гледат от бачилото.\n„Гледај ме, Грујо, нагледај ми се,\nПа немаш, Грујо, што да ми чиниш,\nБраќа си имам баш арамии,\nТатко си имам љут косеџиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_475_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4969", "title": "Зборник на Миладиновци/ 476 песна", "text": "Девојко, т'га голема!\nШто имам т'га за тебе,\nДур да се ставам со тебе\nВ градина си изникнало,\nЗа вода си овенало\nПреидоф да те навадам,\nЗагреших п'тот настапих;\nНа час пот нога овена,\nКако петровско јаболко\nВо момин ковчек чувано,\nВо зетовата кошуља.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_476_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4971", "title": "Зборник на Миладиновци/ 477 песна", "text": "Мошне ми се мили бугарските моми,\nВезден ми жниает на жесконо с'нце,\nОт утро до вечер на нове ми стоат;\nПолоѕи кревает; снопови ми врзват,\nСтавици ми прает, како славеј пеат,\nКако ластоици т'нко зборувает.\nАјде пак навечер дома се враштает,\nКако еребици ситно ми брзает,\nБели ми се бели, како бела книга,\nС црвени образи, охритско јаболко.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_477_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4974", "title": "Зборник на Миладиновци/ 479 песна", "text": "Што да чинам как да прајам,\nМамо ле!\nУчи ме мене научи,\nНа вратата негде годе,\nПостовјам да погледам;\nПоминувает ергените,\nКрај мене идет за мене,\nКиска цвеке ми сакает,\nОт моја р'ка да мирисает;\nЈас ним киска подавам,\nТие за бела р'ка стискает,\nДруги с јаболка фарљает,\nПрау по гр'ди м' удирает;\nЈаболко останвит до бели гр'ди,\nЈаболко назат пак си сакает.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_479_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4977", "title": "Зборник на Миладиновци/ 480 песна", "text": "Леле Радо Радобилке,\nДоста оди, доста шета\nДоста шета крај Радовиш,\nДоста носи алов погјас,\nДоста носи блено биље!\nСве по тебе поблеало\nИ малоо и големо,\nИ женето, неженето.\nТоа што је оженето\nЖените си остаие\nСо своите м'шки деца;\nТие што се неженети,\nИскинаа појасите,\nПолоина тегаеки;\nИскршиа фиљдиш чешли,\nПерчината чешлаеки;\nИскинаа мор фесои,\nПод над око тегнееки:\nЕли Рада, ели душа,\nЕли ноже црно-чкренче.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_480_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4973", "title": "Зборник на Миладиновци/ 478 песна", "text": "„Канам те, керко, канам те,\nКанам те, Руно, поканвам,\nУ мајка дојди на гости,\nЗаедно со стопана ти;\nВечер чиниме првиче,\nЗа љубов, керко, зетоа.”\n„Како да дојдам, мајче ле,\nСрцево ми го изгоре!\nЗетот је мошне малечек,\nАх, ти ме зеде на душа!\nКата вечер тој, мајче ле,\nНа к'тот тешко заспиват,\nНа р'це ја си го кревам,\nНего в одаја го носам,\nНа три постели го клавам,\nМомче одвај се разбудвит,\nР'це ми клаат в пазуа,\nА незнајт да ме пољубит;\nПак ми задремвит лудото,\nКак рудо јагне заспиват.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_478_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4979", "title": "Зборник на Миладиновци/ 481 песна", "text": "Девојко, мори девојко!\nС' лето мое, с' пролет,\nНа есен туѓа одмена!\nС' лето сенка ти праеф,\nСтудена вода те поеф,\nС блаѕи јаболка те ранеф.\nКога те видоф на коња\nМи дојде да се убодам;\nТа жаљ ми падна за мајка,\nДека сум еден у мајка.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_481_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4981", "title": "Зборник на Миладиновци/ 482 песна", "text": "Што ми те сношти карае,\nПеткано мори!\nНа самата вечера,\nНа гуската печена;\nИ ја стоеф ве слушаф,\nНа малато вратниче.\nСакаф в куки да влезам,\nДа загубам татка ти,\nЖаљ ми беше за тебе\nДа не фрлиш гајтанот,\nДа огрдиш ставата.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_482_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4982", "title": "Зборник на Миладиновци/ 483 песна", "text": "Девојче, мори девојче!\nШто нарчваше мајка ти,\nНа оро да се не фашташ,\nОти је момче тугинче;\nДа не те фатит за р'ка,\nДа не ти стиснттг прстите\nДа не ти скршит прстенот!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_483_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 34, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4985", "title": "Зборник на Миладиновци/ 484 песна", "text": ",,Русуменче девојче!\nШто тука си седнало\nПот самото орефче,\nДа ми чекаш терзивче?\n,,Жими мајка го нејќум,\nДан ме рано скориват,\nДа му сучам ибришим,\nДа му плетам гајтанци,\nДа шиам елечина,\nДа ми носет дечина.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_484_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4988", "title": "Зборник на Миладиновци/ 486 песна", "text": "Купи ми купи, мила ле нане, коња дориа,\nЈа да си ода, мила ле нане, на Дунав на вода;\nТамо ми има - - - три девојчина,\nПрвата ми је - - - Софка Солунка,\nВтората ми је - - - Марија Костурка,\nТреќата ми је - - - Марија Стамболка.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_486_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4986", "title": "Зборник на Миладиновци/ 485 песна", "text": "Заспала ми назли Јана\nБаздриѓану на колена:\n„Стани, стани, назли Јано!\nТи се зора обзорила,\nТилбили се распеале,\nПо оние јемишлаци,\nГугушки се разгутае,\nНа твоите капаици,\nПо оние рамни дворје;\nГолаби се разрукале\nНа твоите амбари.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_485_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4990", "title": "Зборник на Миладиновци/ 487 песна", "text": "Девојче море от поле!\nНе шатеј дробно по поле,\nНе кревај с поли правои,\nНе накревај ми јадои,\nОт сум от дома јадовен,\nЉуто ме мајка карало:\n„Обишол, да би обишол\nТри девет бели градои,\nНигде девојка немаше,\nТук да би нашол вдоица,\nСо дванадесет сираци,\nСо тринадесет чивлици.”\nКако го мајка к'лнало,\nТака го клетва фатило.\nОбиде Стојан, обиде\nТри девет бели градои,\nНигде девојка не најде,\nТуку ми најде вдоица,\nСо дванаесет сираци,\nСо тринаесет чивлици.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_487_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4993", "title": "Зборник на Миладиновци/ 488 песна", "text": "Ранила мома биљбиља\nУтро и вечер со шекер,\nА на пладнина чеинца,\nРанила што го ранила\nТокму за девет години.\nДојде ми коа и доба\nДевојка ми се посврши,\nПосврши ке се ом'жит.\nТога је биљбил вореше:\n„Девојка, моја стопанко!\nКога ти ке се ом'жиш,\nКому ке мене остаиш?\nИ јас со тебе ке идам,\nВ десна пазуа ке спиам,\nПорано ке те скортшам:\n„Стани ми, стани девојче,\nСвекрва оган завали\nЗолви ти куки сметоа,\nДевер ти дуќан отвори.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_488_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4994", "title": "Зборник на Миладиновци/ 489 песна", "text": "Паднал ти прстен, моме, от таде река.\nНа ледината, моме, на ширината,\nЛудо помина, моме, тој ти го најде,\nТој ти го најде, моме, тој ти го зеде.\nТаксај му таксај, моме, што ке му таксаш,\nШто ке му таксаш, моме, црните очи,\nИ погорните, моме, чатмали вежи,\nДа ти го даит, моме, стребрени прстен.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_489_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4996", "title": "Зборник на Миладиновци/ 490 песна", "text": "Аман Нешо, аман душо, немој спи пот дренот,\nТебе ти се фалет, Нешо, до две до три луди,\nДо две до три луди, - до три аџамии\nТа ке ми те фатет, - ноке на полнооке\nНоке на полноке - на седум саати,\nТа ке ми носет - горе на планина,\nТа ке ми развалет - до два силни огнеј,\nТа ке ми те печет - како рудо јагне,\nТа ке ми те клает - во златна тепсиа,\nТа ке ми те сечет - со фрушконо ноже,\nТа ке ми те јадет - мезе за р'киа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_490_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 88, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4999", "title": "Зборник на Миладиновци/ 491 песна", "text": "Пиан идам од града\nВелико!\nСтретиф мома в ливада\nДулберо!\nК'де коња сопинат\nСо секакви коприње,\nИ со бели, црвени\nИ со зини зелени;\nЛетна мома да бегат:\n,,Постој, моме не бегај,\nСношти сум бил дома ти,\nРујно вино сум пило,\nРеим сабја остаиф,\nНа сабјата тестеме,\nНа тестеме шамиа,\nВо шамиа рубиа,\nНа рубиа злат прстен”.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_491_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5003", "title": "Зборник на Миладиновци/ 493 песна", "text": "„Стамено, пиле шарено!\nДоста ми шета нис село,\nДоста ми фашта јарани,\nЈарани и побратими.”\nСтамена лепо му зборвит:\n„А море лудо и младо!\nЈас дека шетам нис село,\nЈас не си фаштам јарани,\nЈарани и побратими,\nТук барам момче за мене.”\n„Стамено, пиле шарено!\nКо бараш момче за себе,\nЕто ти момче за тебе!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_493_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 55, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5000", "title": "Зборник на Миладиновци/ 492 песна", "text": "„Не сади, вади, моме, невенот\nНа двата п'та градина,\nДа не ми некој поминит\nНа двата п'та градина,\nТа ти искршит невенот.”\nУште ми речта не рече,\nПомина лудо в градина\nПотфрли лудо в градина,\nОткрши мишка невенот.\nМоме ми љуто прок'лна:\n„Капнала р'ка десница,\nТој што потфрли в градина,\nЗашто ми скрши невенот!”\nМоме се пишман сторило,\nЗашто го лудо прок'лна,\nБелки је касмет за мене.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_492_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5004", "title": "Зборник на Миладиновци/ 494 песна", "text": "Рано ранила бела Румена\nНа студна вода, шарена чешма,\nТамо ми седет млади ергени,\nЕргени седат под жолта дуна,\nРучек ручает, хоро играјат\nХоро играјат, песни си пејат,\nЕден ми ерген ручек не ручат,\nПушка си држит, на нишан мерит,\nУдри Румена по бело грло;\nПадна Румена на црна земја\nНа црна земја, душа ми берит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_494_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5008", "title": "Зборник на Миладиновци/ 496 песна", "text": "„Што поминак, мајко ле мори, горната маала,\nШто си видоф - - Доста девојка,\nДоста беше - - како мене,\nКако мене - - прилегат за мене.\nИди, мамо - - питај ми ја,\nАко ти ја даат - - да се позабаиш,\nАк не ти ја даат, брго да си дојдиш;\nКуки ке расипам, манастир ке праам,\nМанастир ке праам, калугер ке бидам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_496_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5007", "title": "Зборник на Миладиновци/ 495 песна", "text": "„Што ти, Енко, што ти, керко, уста потгорила?\nГлава преврзала, Енко, пот трем си легнала,\nПот трем си легнала, Енко, дури те стресло?\nДали за водица, Енко, да ли за грозице?”\n„Немуј, нанке, мила нанке, така не зборувај!\nНе ет за водица, нанке, не ет за грозице;\nШто си видох, мила нанке, едно лудо младо\nЕдно лудо младо, нанке, едно неженето,\nНего да го земам, нанке, глава да разминит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_495_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5010", "title": "Зборник на Миладиновци/ 497 песна", "text": "Моето ми мило с' нош ми седело,\nСвешти ми горило, и бисер сукало,\nБисер ми низало коњу на гривата;\n„Немој коњу, немој не нишај глаата!\nНе ми те променвам, коњу, да те продаам,\nСтројник ке те пуштам во Легена града\nВо Легена града у попа Наума,\nТи да ми ја свршиш најмалата мома;\nАк ти ја давает постарата мома,\nБрго да се вратиш, ти да не се вртиш;\nАк ти ја давает помалата мома,\nТи да ми ја свршиш, да се позабаиш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_497_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5017", "title": "Зборник на Миладиновци/ 500 песна", "text": "Та што ми је мило онае девојче,\nНа сон ми се фарљат в шарена одаа\nНа мека постеља, шарена перница;\nКога се разбудвам, моме не наожам;\nВ уста ми клажат грутка шекероа,\nКога се разбудвам от ум се расипвам.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_500_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5013", "title": "Зборник на Миладиновци/ 498 песна", "text": "„Леле Димо, леле Димо, леле т'ги голема!\nТи ке одиш, ти ке одиш чужа земја далеко;\nКому ке ме, коiигу ке ме, мене млада остаиш?”\n„А невесто, добро мило, јоставам те, јоставам,\nЈоставам те, јоставам те, на твој татко и мои,\nЈоставам те, јоставам те, на твоја мајка и моја.”\n„Леле Димо, леле злато, леле, т'го голема!\nТешко мене, горко мене, при две татко без тебе!\nТешко мене, горко мене при две мајка без тебе!”\n„Не жаљај ми, не плачи ми, златна мило стопанке!\n,Ако појдам на чужина, не се заба'м да дојдам,\nДа се врата в моја кука, да си љуба прва љуба.”\n„Леле Димо, леле жалбо, леле т'го голема!\nНа ти Димо, клаи, Димо, мое лице в пазуа,\nКога тебе ке ти текнит за љубовта венчана,\nТогај Димо, р'ка пикни, та извади икона,\nМене гледај, в себе мисли, как душа в една сн'га.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_498_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5019", "title": "Зборник на Миладиновци/ 501 песна", "text": "Момиче с момче збореше:\n„Момиче, мило момиче!\nУтре је празник големи,\nЈас ке си одам на дрва,\nИ ти да идеш со мене;\nЈас ке си дрва наберам,\nТи да си цвеке набериш.”\nКако си зборот зборвеше,\nТака си зборот држае;\nМомче отиде на дрва,\nА момичето на цвеке.\nМомче си р'ка пресече,\nМомиче змиа г' изеде,\nОбата в еднош умрее.\nМомче кладое прет црков,\nА момичето зат црков\nМомче излезе трандафил,\nА момичето лозница;\nРастое, си порастое\nОбата ми се ставие,\nЗашто си љубов имее.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_501_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5014", "title": "Зборник на Миладиновци/ 499 песна", "text": "Ветар ми веит гора се леит\nГора се леит, мома ми цвилит!\n„Оф леле мајка ми студит!”\nМајка је ми ја дочула:\n„Ела ми керко при мене!”\nСи појде при мајка,\nКако зиме при мраза.\nВетар ми веит, гора се леит,\nГора се леит, мома ми цвилит:\n„Оф леле, татко ми студит!”\nТатко је дочу:\n„Ела ми, керко, при мене!”\nПојде при татко,\nКако зиме при мраза.\nВетер ми веит, гора се леит\nГора се леит, мома ми цвилит:\n„Oф леле, брате, ми студит!”\n,,Ела ми, сестро, при мене!”\nСи појде при брата,\nКако зима при мраза.\nВетер ми веит, гора се леит\nГора се леит, мома ми цвилит:\n„Оф леле, лудо, ми студит!”\nИ ми ја дочу лудото:\n„Ела ми, љубов, при мене!”\nИ си појде при лудо,\nКако лето на бана.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_499_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 133, "cyrillic": 1.0}
{"id": "3546", "title": "Зборник на Миладиновци", "text": "Зборникот на Миладиновци, насловен како \"Бѫлгарски народни песни\", излегува од печат во Загреб, во текот на јуни 1861 година. Без оглед што оваа епохална книга на браќата Миладиновци се јавува по изданието на Стефан Верковиќ (Народни песни на македонските бугари, 1860 година), таа во историјата на македонската литература и култура воопшто си го зазема првото, водечкото место во презентацијата на македонското усно народно творештво.\n1 Содржина\n* Кон Јосип Јуриј Стросмајер\n* Кон неговата пресветлост\n* Предговор\n1.1 Самовилски\n* Јован Попов и самовила од Струга.\n* Велигденска од Прилеп.\n* Самовилско ѕидање\n* Сонцено ми је на заод од Струга.\n* Руса Стана и самовила од Струга.\n* Неда и самовила од Струга.\n* Ангелина и морска самовила од Прилеп.\n* Прошета се Дона од Кукуш\n* Велигденска од Прилеп.\n* Заградила Самовила од Папаѓуриште.\n1.2 Други стари\n* Кроз планина пилци пропеале од Прилеп.\n* Продан и два браќа од Кукуш.\n* Стојна од Струга.\n* Трендафиља и Змех\n* Јана и Детелин Војвода\n* Јана и Петре велигденска од Прилеп.\n* Јана и Сонцето од Струга.\n* Тодора керка од Струга.\n* Јана кукавица од Кукуш.\n* Стојна и Јуди\n* Олошките од градината\n* Рак и жаба\n* Куси врабец и невеста подмрежица\n* Цуцулина и тресопатка од Прилеп.\n* 25 песна\n* 26 песна\n* Свадба од раковите од Струга.\n* Еднаква\n1.3 Црковни\n* Аврамова жертва\n* 30 песна од Струмница.\n* Свети Георги од Кукуш.\n* Христосово рожање\n* Христосово воскрсвење од Струга.\n* Христосово воскрсвење\n* Света Недеља и Света Петка од Костур.\n* Богородични изповед од Струга.\n* Христосови карстови од Струга.\n* Свети Георги\n* 39 песна од Панаѓуриште.\n* Свети Илија и девет ламии од Струга.\n* Свадба од Свети Димитрија од Струга.\n* 42 песна\n* Велигденска од Прилеп.\n* Свети Петар и мајка му од Струга.\n* Еднаква од Прилеп.\n* Свети Петар и мајка му\n* Дечански манастир\n* Цар Мурат и Стар Игумен\n* Свети Петар од Софија.\n* Решпел Георгија\n* Сирак Јован\n* Малечок Јован - од Прилеп.\n* 53 песна - од Панаѓуриште\n* Патроново покалугервење\n* Четири ангели\n* Марково исповедвање\n* Станковиќ Дуко се исповедвит\n* Два брата и сестра - од Струга.\n1.4 Јуначки\n* Краљ Шишман, краљ Латин и овчар Табарина - од Струга\n* Цар И. Шишман\n* Дете малечково и ламиа\n* Секула детенце и Алтан Ѕвезда\n* Стојан - од Панаѓуриште.\n* Цар и царица\n* Цар и сокол\n* 66 песна - од Софија.\n* Симон и негова невеста\n* 68 песна\n* Сирота Јана\n* Митре и Стефан и Ѓорги Арнауче\n* Стефан и Дели Магдалена - од Панаѓуриште.\n* Рада Влахиња\n* Рада и циганче\n* Бјала Рада\n* Краљ Матлиа и три сестри\n* Маса плената\n* Мита плената\n* Стојан и Ганка Балканка\n* Јована и дервиши\n* Жална Кана\n* Мариа плената\n* Добра Бољарка\n* Стојан и патрик\n* 84 песна\n* Стане Нине\n* Латински Краљ и Огнен\n* Два сокола\n* Тодорка и књахче\n* Јаничар и руса Драгана\n* Болен Дојчин\n* Никола, Богдан и Ангелина\n* Корун, Кондофила и син Костадин\n* Гино арнауче и Петра хубава\n* Николче\n* Стојан болен\n* Стојан болен\n* Гино и Стојан\n* Јанкула\n* Јанкулова смрт\n* Мати\n* Стојан и султан\n* Лазар и Петкана\n* Марко, Арапин и Маркоица\n* Марко и Гино арнаутче\n* Тодорка и књахче - иста како и погоре, се повторува.\n* Стојан и Турчин\n* Момчула војвода\n* Ѓуро\n* Будинска Рада - од Панаѓуриште.\n* Стојан и чифутче\n* Начо\n* Брат и сестра\n* Стојан војник\n* Петко векилин\n* 115 песна - од Панаѓуриште.\n* Димни Марко и Турчин Војвода\n* Секулов гроб\n* Милка Котленка и Петар Трговец\n* Стојан и Димана\n* Драгана и цар\n* Стојан\n* Дена и војвода - од Панаѓуриште\n* Марко и дете дукадинче\n* Марко и Груица Новогов\n* Мурат-бег и Мариа\n* Сабја\n* Марко и Мурат-бег\n* Немечка кралица и Марко\n* Марко кум\n* Стојан и Димана\n* 131 песна\n* Калина, Јован и Стојан\n* Димана пленета\n* Ханка штипјанка\n* Никола и Марија\n* Тодор и мајка му\n* Павел и сестра\n* Гинка робинка\n* Стојан, невеста и Турче потурјаче\n* Стојан и сестра шенгјуфа\n* Сирак Кољо и Кољовица\n* Стојан и три орли\n* Марија и Ралин харен јунак\n* Седум кралеви шетает земја по краина\n* Седум јунаци и Арапин\n* Марко кралевике, Делетин војвода, Иво и хубава Гроздана\n* Марко, Секула и краљ Латинина\n* Шаина робина и Марко\n* Марко си грабит невеста\n* Марко и Димна Гора\n* Гого\n* Јана и Ѓуро тарговче\n* Сестра Ангелина, Тодора и Петре ловачето\n* Јанкула и Никола\n* Стајко и Војвода\n* Болен Дојчин\n* Болен Дојчин\n* Болен Дојчин, сирак Јанко и крал Марко, солунски чувачи\n* Петре Маџарче\n* Баљур војвода и Гркина робина\n* Мурчо господарин и Јанкула војвода\n* Неда Крамјанка\n* Тодора, Богдан и Никола\n* Стумница невеста\n* Димни Марко и Елена невеста\n* Више Гркина и Еврејче\n* 167 песна\n* Бојана војводка\n* Будинска Јана\n* Краљовица и Турчин војвода\n* Јана и Стојан\n* 172 песна\n* Радич јунак и Арапин Амза-бег\n* Димитар\n* Темишвар Ѓуро, Марко кралевике, Јанкула војвода и дете голомеше\n* Бела Неда и Рус војвода\n* Ѓорги\n* Дафина и Омер-ага\n* Мавро-јани\n* Ѓуро златарче и охридски паша\n* Јановица\n* Митре и Петре\n* Равдула и Мирче\n* Јанкула и Никола\n* Каравидо, невеста Кара Воја, сестра Ангелина и Турци\n* Митре поморјанче и Марија белоградска\n* Стојан и Бојана\n* 188 песна\n* 189 песна\n* Иво кључарџија и Асан ага\n* Емин Никола, Рајко Бошкоиќ и Рајковица\n* Скендербег\n* Султан Селим и Салакин Тодор\n* Митре и сестра Ангелина\n* Краљ и Русанта кралица\n* Еден син и мајка\n* Митре и чума\n* 198 песна\n* Краљ, кралица и Ружица девојка\n* Ружица девојка и триесет момчина\n* Јован и мајка му\n* Елин дојка\n* Тодора керка\n* Девојка хврљат камен\n* Невеста загубвит Татари\n1.5 Овчарски\n* Севда и Пејко\n* Стојан и Гроздана\n* Стојан, Пејче и Цуца\n* 209 песна\n* Неда и Стојан\n* Желник Пејо\n1.6 Ајдутски\n* 212 песна\n* Енчица и арамии\n* Сирма војводка\n* Ганка\n* Босољ\n* Ајдут Велко\n* Ајдут Велко\n* Кара Мустафа\n* 220 песна\n* 221 песна\n* 222 песна\n* 223 песна\n* 224 песна\n* 225 песна\n* 226 песна\n* Стојан\n* Митре Буљук-баши\n* Стојна и ајдути\n* Мома Буљукбаш\n1.7 Жаљовни\n* Јана\n* 232 песна\n* Марко и Цвета\n* 234 песна\n* 235 песна\n* Кира Попова\n* Мома и змија\n* Еден син у мајка\n* 239 песна\n* 240 песна\n* 241 песна\n* 242 песна\n* Стојан и Бојана\n* Стојан и Бојана\n* 245 песна\n* Тодорина\n* 247 песна\n* 248 песна\n* 249 песна\n* 250 песна\n* Магда невеста и Арапин\n* 252 песна\n* 253 песна\n* 254 песна\n* 255 песна\n* 256 песна\n* 257 песна\n* 258 песна\n* Стојан и сестра му Проја\n* Рада\n* 261 песна\n* 262 песна\n* 263 песна\n* 264 песна\n1.8 Смешни\n* 265 песна\n* 266 песна\n* 267 песна\n* 268 песна\n* 269 песна\n* 270 песна\n* 271 песна\n* 272 песна\n* 273 песна\n* 274 песна\n* 275 песна\n* 276 песна\n* 277 песна\n* 278 песна\n* 279 песна\n* 280 песна\n* 281 песна\n* 282 песна\n* 283 песна\n* 284 песна\n* 285 песна\n* 286 песна\n* 287 песна\n* 288 песна\n1.9 Љубовни\n* 289 песна\n* 290 песна\n* 291 песна\n* 292 песна\n* 293 песна\n* 294 песна\n* 295 песна\n* 296 песна\n* 297 песна\n* 298 песна\n* 299 песна\n* 300 песна\n* 301 песна\n* 302 песна\n* 303 песна\n* 304 песна\n* 305 песна\n* 306 песна\n* 307 песна\n* 308 песна\n* 309 песна\n* 310 песна\n* 311 песна\n* 312 песна\n* Дона и Аго\n* 314 песна\n* 315 песна\n* 316 песна\n* 317 песна\n* 318 песна\n* 319 песна\n* 320 песна\n* 321 песна\n* 322 песна\n* 323 песна\n* 324 песна\n* 325 песна\n* 326 песна\n* 327 песна\n* 328 песна\n* 329 песна\n* 330 песна\n* 331 песна\n* 332 песна\n* 333 песна\n* 334 песна\n* 335 песна\n* 336 песна\n* 337 песна\n* 338 песна\n* 339 песна\n* 340 песна\n* 341 песна\n* 342 песна\n* 343 песна\n* 344 песна\n* 345 песна\n* 346 песна\n* 347 песна\n* 348 песна\n* 349 песна\n* 350 песна\n* 351 песна\n* 352 песна\n* 353 песна\n* 354 песна\n* 355 песна\n* 356 песна\n* 357 песна\n* 358 песна\n* 359 песна\n* 360 песна\n* 361 песна\n* 362 песна\n* 363 песна\n* 364 песна\n* 365 песна\n* 366 песна\n* 367 песна\n* 368 песна\n* 369 песна\n* 370 песна\n* 371 песна\n* 372 песна\n* 373 песна\n* 374 песна\n* 375 песна\n* 376 песна\n* 377 песна\n* 378 песна\n* 379 песна\n* 380 песна\n* 381 песна\n* 382 песна\n* 383 песна\n* 384 песна\n* 385 песна\n* 386 песна\n* 387 песна\n* 388 песна\n* 389 песна\n* 390 песна\n* 391 песна\n* 392 песна\n* 393 песна\n* 394 песна\n* 395 песна\n* 396 песна\n* 397 песна\n* 398 песна\n* 399 песна\n* 400 песна\n* 401 песна\n* 402 песна\n* 403 песна\n* 404 песна\n* 405 песна\n* 406 песна\n* 407 песна\n* 408 песна\n* 409 песна\n* 410 песна\n* 411 песна\n* 412 песна\n* 413 песна\n* 414 песна\n* 415 песна\n* 416 песна\n* 417 песна\n* 418 песна\n* 419 песна\n* 420 песна\n* 421 песна\n* 422 песна\n* 423 песна\n* 424 песна\n* 425 песна\n* 426 песна\n* 427 песна\n* 428 песна\n* 429 песна\n* 430 песна\n* 431 песна\n* 432 песна\n* 433 песна\n* 434 песна\n* 435 песна\n* 436 песна\n* 437 песна\n* 438 песна\n* 439 песна\n* 440 песна\n* 441 песна\n* 442 песна\n* 443 песна\n* 444 песна\n* 445 песна\n* 446 песна\n* 447 песна\n* 448 песна\n* 449 песна\n* 450 песна\n* 451 песна\n* 452 песна\n* 453 песна\n* 454 песна\n* 455 песна\n* 456 песна\n* 457 песна\n* 458 песна\n* 459 песна\n* 460 песна\n* 461 песна\n* 462 песна\n* 463 песна\n* 464 песна\n* 465 песна\n* 466 песна\n* 467 песна\n* 468 песна\n* 469 песна\n* 470 песна\n* 471 песна\n* 472 песна\n* 473 песна\n* 474 песна\n* 475 песна\n* 476 песна\n* 477 песна\n* 478 песна\n* 479 песна\n* 480 песна\n* 481 песна\n* 482 песна\n* 483 песна\n* 484 песна\n* 485 песна\n* 486 песна\n* 487 песна\n* 488 песна\n* 489 песна\n* 490 песна\n* 491 песна\n* 492 песна\n* 493 песна\n* 494 песна\n* 495 песна\n* 496 песна\n* 497 песна\n* 498 песна\n* 499 песна\n* 500 песна\n* 501 песна\n* 502 песна\n* 503 песна\n* 504 песна\n* 505 песна\n* 506 песна\n* 507 песна\n* 508 песна\n* 509 песна\n* 510 песна\n* 511 песна\n* 512 песна\n* 513 песна\n* 514 песна\n1.10 Свадбени\n* Кога ходат на строј\n* Кога ја месет сваќата у девојката\n* Кога месет сваќата у зетот\n* 518 песна\n* 519 песна\n* 520 песна\n* Кога да бричет зетот\n* 522 песна\n* Кога одат за невеста\n* Кога одат по невеста\n* 525 песна\n* 526 песна\n* 527 песна\n* 528 песна\n* Кога девојката истрвает\n* Кога излегвет от куки\n* Кога ходат на црков за венчање\n* Кога да се приближват в црков\n* Кога се враштает от црков\n* 534 песна\n* Кога да се приближват дома\n* Кога да играет сваќата\n* 537 песна\n* 538 песна\n* 539 песна\n* На строј кога извадват девојката да се прстенуват\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога да вијат венецот\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога готват зетот\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 543 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога готват невестата\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога у зетот плетат венец за невестата\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога да одат по невестата\n* Зборник на Миладиновци/ Кога земает невестата\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога је давает чевлите\n* Зборник на Миладиновци/ Кога пуштат побратимите за да земат невестата\n* Зборник на Миладиновци/ Кога ја качват на коња\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога побратимите држат невестата\n* Зборник на Миладиновци/ Кога да ја водат\n* Зборник на Миладиновци/ Кога да ја поводат\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога да ја извадат от куки надвор\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога да ја носеет у зетот\n* Зборник на Миладиновци/ Кога да ја донесат дома и ја отскриват кумот\n* Зборник на Миладиновци/ На зетот\n* Зборник на Миладиновци/ Кога да дојдат сватови\n* Зборник на Миладиновци/ Кога да седнат сватовите\n* Зборник на Миладиновци/ 560 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 561 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога прстенват девојката\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога влегват у девојката\n* Зборник на Миладиновци/ Кога девојката излегвит да целиват р’ка\n* Зборник на Миладиновци/ Кога да одат по невеста\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога носат невестата у зетот\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 567 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 568 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 569 песна\n* Зборник на Миладиновци/ 570 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 571 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 572 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 573 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 574 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Вечерта на големиот армас\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога зетот се облеквит\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога невестата се клањат на кумот\n* ‎Зборник на Миладиновци/ Кога невестата иставает от дома је\n* Зборник на Миладиновци/ Кога зетот ручат у невестата\n1.11 Лазарски\n* Зборник на Миладиновци/ На Лазаров ден\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На мало дете\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На неженат\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На невеста\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На жена која имат син да си учит\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На жена која имат синови\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На жена што неимат чедо и м’ш је је на чужина\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На богат човек\n* Зборник на Миладиновци/ На човек што имат деца\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На стар\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На владика\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На анама\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 592 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На неженет Турчин\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На женет Турчин\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 595 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На Турчин големец\n* ‎Зборник на Миладиновци/ На оро\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 598 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 599 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 600 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 601 песна\n* Зборник на Миладиновци/ 602 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 603 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 604 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 605 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 606 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 607 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 608 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 609 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 610 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 611 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 612 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 613 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 614 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 615 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 616 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 617 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 618 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 619 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 620 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 621 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 622 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 623 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 624 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 625 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 626 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 627 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 628 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 629 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 630 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 631 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 632 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 633 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 634 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 635 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 636 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 637 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 638 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 639 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 640 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 641 песна\n1.12 Жетварски\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 642 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 643 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 644 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 645 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 646 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 647 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 648 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 649 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 650 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 651 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 652 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 653 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 654 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 655 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 656 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 657 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 658 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 659 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 660 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 661 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 662 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 663 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 664 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 665 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 666 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 667 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 668 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 669 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 670 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 671 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 672 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 673 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 674 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 675 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 676 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 677 песна\n* ‎Зборник на Миладиновци/ 678 песна\n1.13 Обичаи\n* Обичаи\n1.14 Верованија\n* Верованија\n1.15 Игри\n* Игри\n1.16 Преданија\n* Преданија\n1.17 Сопствени народни имиња\n* Сопствени народни имиња\n1.18 Пословици\n* Пословици\n1.19 Гатанки\n* Гатанки\n2 Наводи\n3 Поврзано\n*Автор:Константин Миладинов\n* Автор:Димитар Миладинов", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8", "word_count": 2404, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5021", "title": "Зборник на Миладиновци/ 502 песна", "text": "Вино пиам, непара гл пиам,\nКоња јаам, коња аџамиа\nМоме одит на вода студена;\nКоњ помавна со десната нога,\nМоме удри по белото грло,\nМоме падна две стомни си скрши;\nМоме појде дома плачеепгги,\nГо пречеквит негоата мајка:\n„Камо ми ти, керко, две стомни водени?”\n,;Ја си паднаф, мајко, две стомни си скршиф.”\n„Мами, керко, кого да измамиш,\nТвоја мајка колај не се мамит.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_502_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5023", "title": "Зборник на Миладиновци/ 503 песна", "text": "Не љуби мене, моме, не губи себе,\nОти сум тугин, моме, тугин јабанец,\nДенес сум овде, моме, утре ке сј одам,\nНа чужа земја, моме, на чуж виљает.”\n„К'де ке одиш, лудо, к' идам со тебе,\nСејмен прет тебе, лудо, баш буљукбаша.”\n„Не можиш д' идиш, моме, и ти со мене;\nТамо ми имат, моме, тесни дервени,\nТесни дервени, моме, земски сејмени,\nКе те познает, моме, во руса коса.”\n„Купи ми, купи, лудо црвен пештамал\nДа си завиам, лудо, русата коса.”\n„Ке те познает, моме, во бели гр'ди.”\n„Купи ми, купи, лудо црвен џамадан,\nДа си завиам, лудо, беливе гр'ди.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_503_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5024", "title": "Зборник на Миладиновци/ 504 песна", "text": "А море моме, бре моме,\nТа што си било без вера?\nКога ти пуштиф не дојде,\nИ што ти пратиф не зеде;\nТуку ми дојде на соне\nВо шарената одаа,\nНа таја мека постеља,\nНа копринена перница,\nНа таја р'ка десница.\nЕгиди моме, бре моме!\nКога се от сон разбудиф,\nСам себе ке се загубеф,\nКога те тебе не најдоф!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_504_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5027", "title": "Зборник на Миладиновци/ 505 песна", "text": "„Жаљај, Ѓурѓо, да жаљаме,\nКако ке се разделиме,\nТи от мене, јас от тебе.\nЈа вкачи се в одајата,\nТа подај ми тамбурата,\nЈас да свирам, ти да играш.\nЈа седни ми на колено,\nДа отпетљаш рет петлици,\nДа ми видиш кошуљата\nНеиспрана три години;\nКошуљата кир фатила.\nЈа земи ја, испери ја.”\nМу говоре калеш Ѓурѓа:\n„Ојти лудо, лудо младо!\nНемам вода да исперам.”\nИзговоре лудо младо:\n„Твојте очи, два кладенца,\nЕден студен, други топол.”\nИзговоре калеш Ѓурѓа:\n„Ојти лудо, лудо младо!\nНемам сапун да исперам.”\nИзговоре лудо младо:\n„Твојте р'це, два калупа,\nДва калупа гирит сапун.”\nИзговоре калеш Ѓурѓа:\n,,Ојти лудо лудо младо!\nНемам копан да исчукам.”\nИзговоре лудо младо:\n„Твојте ноѕе два копана,\nДва копана за чукање.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_505_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5032", "title": "Зборник на Миладиновци/ 508 песна", "text": "Три девојки Бугарки;\nЕдната ми везеше,\nВтората ми предеше,\nTpeкa мајко караше:\n„Ке си била, шетала?”\n„Мајко ле, не карај ме,\nДа кажам ке су' била;\nЈа сум била на Дунав,\nНа Дунав на кулата;\nВо кулата имаше\nИмаше три дулбери,\nКако еден, така други.\nЕденот што имаше\nНа главата фино фефче;\nВториот ми носеше\nШирок фустан триста клиње;\nТрекиот што носеше\nМор долама, срма елек.\nДај ме мајко за него!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_508_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5029", "title": "Зборник на Миладиновци/ 506 песна", "text": "Прошетаф рано на утро\nДогледаф моме убаво\nК'де ми дворје метеше,\nШто беше лепо, убаво\nСо фино фефче нат око,\nСо алт'нчето на чело,\nСо дробен бисер на грло!\nЛудо је лепо говорит:\n„Девојче, море девојче!\nНемој ми дворје не мети,\nТуку отвори портите,\nОт идет момче уморен.”\n„Егиди лудо и младо!\nАк' идет момче уморен,\nЈас немам што да му чинам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_506_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 64, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5037", "title": "Зборник на Миладиновци/ 510 песна", "text": "Тамо горе пот јаорот\nИзвор вода извираше\nСтудена, аман студена.\nШто одеше малко моме\nНа вода, аман на вода,\nШто имаше црни очи,\nШто имаше бело лице\nНа неа, аман на нев;\nДај ми, боже, да се ставам,\nСо неа, аман со неа;\nДа целивам црни очи\nОт неа, аман от неа;\nДа целивам бело лице\nОт неа, аман от неа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_510_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5039", "title": "Зборник на Миладиновци/ 511 песна", "text": "Заспала Рада галена\nЗаспала надвор пот тремот,\nПот трем на висок одар\nНа висок одар, под шарен јорган.\nРадина мајко рано станува,\nДворје си метит, Рада ми будит.\n„Стани ми, стани, галена Радо,\nВеке се, Радо, пладнина стори,\nСтарите баби телци тераат,\nТвоите другачки на вода одат.”\nКога погледна Радина мајко,\nБелото грло в крв утонало,\nБелото лице мухла фатило,\nЦрните вежи је покапале,\nЦрната коса је порусела,\nРудата става се раставила.\nВикна да плачит Радина мајко:\n„Оф леле боже, галена Радо.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_511_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5035", "title": "Зборник на Миладиновци/ 509 песна", "text": "Ако умрам да не жаљаш\nДа не жаљаш, да не плачиш;\nДа ме зеиш во скутеи,\nДа м' однесиш на гемија\nДа ме фрлиш по морето\nКе се сторам морска риба,\nКе ме фатет влакарите\nВлакарите, рибарите,\nКе м' истает на ноф пазар;\nТи д' излезиш да ме купиш,\nДа ме вариш, да ме печиш,\nКе се сторам праф и пепел,\nДа ме збериш в ал шамија,\nТа да појдиш во градина,\nТамо да ме испосеиш.\nКе излезам рамн' босиљок,\nШто го носет девојките,\nДевојките в пазуите;\nКе излезам бело цвеке,\nШто го носет јунаците,\nЈунаците пот фесои.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_509_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5031", "title": "Зборник на Миладиновци/ 507 песна", "text": "„Дегиди моме Корчанско!\nК'де си била денеска?”\n„Мила ле, мори мајко ле!\nЈа сум си било, шетало\nШироко поле Корчанско,\nБела пченица сум жнло,\nПченица шесторедица,\nТрошка сум лебец не јало,\nКапка сум вода не пило,\nГолема зимја ме нашло;\nГерданот си го загубиф,\nПрстенот от десна р'ка.\nМила ле, мори мајко ле!\nТи дај ми изан да ода,\nГерданот да си побарам,\nГерданот, та и прстенот;\nАко ми нашло нашинче,\nБрго ти да ме почекаш;\nАко ми нашло тугинче,\nТи да ме чекаш в година\nСо м'шко дете на р'це,\nСо русо момче прет мене.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_507_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5042", "title": "Зборник на Миладиновци/ 513 песна", "text": "Да знаиш, лудо, да знаиш\nКако је жаљба за младос,\nНа врата би ме чекало,\nОт коња би ме сметнало,\nВ одаа би ме однесло,\nНоѕеве би ми измила,\nВодата би ја испила.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_513_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5041", "title": "Зборник на Миладиновци/ 512 песна", "text": "„Димано, млада невесто!\nДали си чуло, разбрало,\nОт ке те Стојан остаит\nУтре, задутре в недеља,\nКога ке доит кадиа\nКадиа пашин делиа?”\n„В село сејмени дојдое,\nУ мене конак кладое,\nСе згоди болно сејменче,\nПосака пуста понада,\nЈатки ореи требени,\nПресни јаболка љупени.”\n„Димано, млада невесто!\nШто ти је леса меткана,\nШто ти је нишан пот грло?”\n„Кога дојдое сејмени,\nСакае бели погачи,\nСакае слатки вечери;\nЈас немаф да им напраам.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_512_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5047", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога ходат на строј", "text": "Кошничице камарџице полна бисерио,\nОрони бисерио 'сем навеселио,\nПотекол је силен Дунаф пороит,\nПонесол је злата чаша викиа,\nПолна рамна рујно вино црвено;\nКому да ја поклон поклониме,\nПоклониме чеснетому свекор.\nВесели се чесни свекор, веселба је твоја;\nШто је овој голем с'бор околу тебе.\nКако на грат Јаничари се околу цара.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%85%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%98", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5045", "title": "Зборник на Миладиновци/ 514 песна", "text": "Биљана оро водеше,\nНикола с камен фрљаше,\nБиљана што му зборвеше:\n„Никола, маре Никола,\nФрљал си камен, не фрљаш,\nТи је Биљана не земаш,\nТук да си зеиш вдоица\nСо дванадесет сираци,\nСо тринадесет чивлици.”\nКако Биљана му рече,\nНикола му се наљути,\nИшетал, што ми прошетал.,\nТри девет бели градои\nДа барат лепа девојка;\nНигде девојка не најде,\nТуку си најде вдоица,\nСо дванаесет сираци,\nСо тринадесет чивлици.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_514_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5053", "title": "Зборник на Миладиновци/ 518 песна", "text": "Заиграло јунакоо срце,\nКако вино во стребрена чаша,\nКак ракиа во златна викиа,\nДур да појдит в девојкини дворје,\nДур да видит девојкини татко,\nДур да видит девојкина мајка,\nКако одит, како рубо носит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_518_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 34, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5051", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога месет сваќата у зетот", "text": "Пуштат Биљка по бела Босиљка:\n,,Дојди, дојди бел Босиљче моје!”\n„И да дојдам к'де ке те најдам?”\n„Ке ме најдиш мајкини пазуи,\nКе ме најдиш таткои скутеи,\nКе ме најдиш братои дворои.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82_%D1%81%D0%B2%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%83_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5049", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога ја месет сваќата у девојката", "text": "Свила се лоза винена\nОколу града Легена;\nНе била лоза винена,\nТуку ми била девојка,\nОкулу браќа се виет:\n„Откупи мене, браке ле!\nЈас не сум ск'по ценето,\nЗа двесте триста грошеи.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%98%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82_%D1%81%D0%B2%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%83_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5057", "title": "Зборник на Миладиновци/ 520 песна", "text": "Префрлила се к'пина,\nПреку висока планина;\nТа не ми беше к'пина,\nТуку ми беше девојка,\nНа мрамор камен седеше,\nСо русо момче зборвеше,\nРусо му перче чешлаше,\nРуси мустаки сучеше.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_520_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5055", "title": "Зборник на Миладиновци/ 519 песна", "text": "Пушта, допушта јуначе:\n„Девојче, море девојче!\nАљ је везана ризата?”\n„Јуначе, мори јуначе!\nИ је везана и не је;\nМалу ми свила не фтаса,\nСите свилари обидоф,\nНигде си свила не најдоф.”\nПуштат, допуштат девојче:\n„Јуначе, море јуначе!\nАли је коан прстено?”\n„Девојче море девојче!\nИ ми је коан, и не је;\nСите златари обидоф,\nНигде си злато не најдоф.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_519_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5069", "title": "Зборник на Миладиновци/ 526 песна", "text": "Прела мома босилкои јасли,\nМи и клала по рамни двореи,\nДа наврзит от сватои коњи.\nПлела мома копринена мрежа,\nЈа фрлила по бела Дунафа,\nУлоила риба златокрила\nЈа испекла во злата тепсиа,\nЈа ставила на чесна трпеза,\nНа трпеза пред чеснего кума.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_526_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5062", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога одат за невеста", "text": "„Зеташтина, чуже земјанине!\nШто си дошол во нашава земја?\nАљ си дошол оро да играме,\nАљ си дошол вино да пиеме,\nАљ си дошол камен да фрљаме?”\n„Ај ви вие сестри непознајни!\nНе сум дошол оро да играме,\nНе сум дошол вино да пиеме,\nНе сум дошол камен да фрљаме,\nТук сум дошол по наша другачка.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5066", "title": "Зборник на Миладиновци/ 525 песна", "text": "Никола шетат низ гора,\nВо р'ка држит сокола;\nСокол му лепо вореше:\n„Никола, море Никола!\nПодотпушти ми ремења,\nПодотпушти ми пет'лици,\nДалеко да си отлетам\nДур девојкини дворои,\nДа је пор'чам, нар'чам,\nДа везит риза зетоска,\nA на свекрва марама,\nA на свекорот кошуља,\nA на деверот појасот!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_525_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 52, "cyrillic": 0.942}
{"id": "5058", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да бричет зетот", "text": "Заспало ми Иво Самогорче,\nКој поминвит Ива не разбудвит,\nДур долета горска еберица,\nС криља трепна Ива го разбуди:\n„Стани, стани, Иво добар јунак!\nАљ си женет, аљ си неженето?”\nОт сон ми се Иво разбудило,\nИ говори Иво добер јунак:\n„А егиди, горска еребица!\nНи сум женет, ни ке да се жена,\nКе си зеам девет бракем сестра.”\nИ го дочу и бога ми молит:\n„Леле боже, леле мили боже!\nДај ми, боже, пролецки грмежи,\nДај ми боже есенски дожеи,\nДа откорнит кула от кремења!”\nКак девојка луто што прок'лна,\nТака госпот нејѕе је поможи.\nДаде госпот пролецки грмежи,\nИ ми даде есенски дожеи,\nИ откорна кула от кремење.\nПак девојка бога помолила:\n„Дај ми, боже, очи соколои,\nДај ми, боже, криља лабедои,\nДа прелета Сава и Дунава,\nТа да падна во војска цареа,\nДа одбера момче спроти мене,\nШто не пиет вино и ракиа,\nШто му пеит саат во пазуа,\nШто му играт коња во двореи,\nШто му играт куна на колена!”\nКак девојка бога што помоли,\nТака господ нејѕе је поможи,\nИ је даде очи соколои\nИ је даде криља лабедои,\nСи прилета Сава и Дунафа,\nТа си падна во војска цареа,\nТа си отбра љубов спроти неа,\nШто не пиет вино и ракиа,\nШто му пеит саат во пазуа,\nШто му играт коња во дворои,\nШто му играт куна на колена.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B5%D1%82_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 226, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2990", "title": "Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, повикан од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат Состен.\n<sup>2</sup>До Божјата црква во Коринт, до вас, кои Бог ве повика да бидете Негов свет народ и ве направи свети преку Исус Христос, и вас, и сите христијани насекаде, сите што го повикуваат името на Исус Христос, нивен и наш Господ.\n<sup>3</sup>Ви посакуваме благонаклоност и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господ Исус Христос.\n2 Благодарност на Бог за благословите во коринтската црква\n<sup>4</sup>Постојано Му се заблагодарувам на мојот Бог за Неговата милосрдна благонаклоност што ви ја подари преку Исус Христос.\n<sup>5</sup>Тој во секој поглед ја збогати вашата црква со надареност за говорништво и со многу знаење.\n<sup>6</sup>Со тоа и проповедањето за Христос се зацврсти меѓу вас.\n<sup>7</sup>Сега, додека нестрпливо го чекате повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос, не ви недостасува никаква духовна дарба.\n<sup>8</sup>Тој ќе продолжи да ве надградува докрај, за да бидете беспрекорни на денот кога ќе се врати нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>9</sup>Во Бог можете да имате доверба! Тој ве повика да се здружите со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.\n3 Неединство меѓу верниците во Коринт\n<sup>10</sup>Сега, драги пријатели христијани, многу ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, да изградувате слога меѓу вас, за да не дојде до раздор во црквата. Треба да ги усогласите вашите идеи и планови.\n<sup>11</sup>Од семејството на Хлое ме известија дека меѓу вас, драги мои, има поделби.\n<sup>12</sup>Едни сте викале: „Јас сум Павлов!“ други: „Јас сум Аполосов!“, трети: „Јас сум Петров!“, четврти: „Јас сум Христов!“\n<sup>13</sup>Зар Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Во името на Павле ли бевте крстени?\n<sup>14</sup>Благодарен сум Му на Бог што, освен Крисп и Гај, јас не крстив ниту еден од вас,\n<sup>15</sup>за да не рече некој дека е крстен во мое име.\n<sup>16</sup>(Да, ги крстив и членовите на семејството на Стефан, а не се сеќавам дали сум крстил уште некој.)\n<sup>17</sup>Христос не ме испрати да крштавам, туку да ја проповедам Радосната вест, и тоа не со мудри говори, за да не се омаловажи силата на делото што го изврши Христос на крстот.\n4 Световна и Божја мудрост\n<sup>18</sup>Проповедањето за смртта на Исус на крстот им звучи бесмислено на луѓето што се на патот кон пропаста, но за нас што преку тоа се спасивме, претставува Божја сила.\n<sup>19</sup>Во Светото писмо, Бог вели:\n„Ќе ја уништам човечката мудрост,\nќе ги отфрлам нивните најостроумни идеи.“\n<sup>20</sup>Зашто, ни филозофите, ни законодавците, ниту научниците на овој свет не нѐ спасија! Бог ни покажа дека мудроста на овој свет е далеку од мудрост!\n<sup>21</sup>Кога мудриот Бог, виде дека луѓето преку сопствената мудрост никогаш нема да дојдат до Него, реши да им обезбеди спасение на оние што ќе ѝ поверуваат на оваа, навидум бесмислена, порака што ние ја проповедаме.\n<sup>22</sup>И додека Евреите бараат знаци од небото, а Грците мудруваат,\n<sup>23</sup>ние проповедаме за Христос Кој беше распнат за да нѐ спаси. Тоа за Евреите е неприфатливо, а за другите народи - бесмислено!\n<sup>24</sup>Но за оние што се повикани од Бог да се спасат, без разлика дали се Евреи, или се од другите народи, во Христос се покажа Божјата сила и Божјата мудрост.\n<sup>25</sup>Овој навидум неразумен Божји план е многу помудар и од најмудрите човечки планови, и она што ни изгледа слабо од Бог, е многу помоќно од сета човечка моќ.\n<sup>26</sup>Погледнете се, драги мои, вие што сте од Бога одбрани: меѓу вас нема многумина што се мудри според човечки мерила, ни многу моќници или луѓе од благородничко потекло.\n<sup>27</sup>Напротив, Бог ги одбра оние што овој свет ги смета за прости, за да ги посрамоти оние што се сметаат за мудри. Бог ги одбра оние што во овој свет се немоќни, за да ги посрамоти моќниците.\n<sup>28</sup>Бог ги одбра оние што не се од благородничко потекло и оние што се презрени во овој свет, за да ги направи ништожни оние што овој свет ги смета за многу важни.\n<sup>29</sup>Така ниеден човек не ќе може да се фали пред Бог.\n<sup>30</sup>Бог ви овозможува и вам да се спасите преку Исус Христос, Кој стана наша мудрост од Бога, ни ја подари Својата праведност, нѐ направи свети и ја плати цената за да нѐ откупи.\n<sup>31</sup>Затоа, во Светото писмо е напишано:\n„Кој сака да се фали,\nнека се фали само со она што го стори Господ.“\n= Глава 2 =\n5 Мудроста што ја проповедал апостолот Павле\n<sup>1</sup>Драги пријатели, кога дојдов кај вас да ви ја проповедам Божјата порака, јас не се служев со висок стил на зборување или со мудрување.\n<sup>2</sup>Сметав дека меѓу вас не треба да ги истакнувам моите сестрани познавања, туку да ви проповедам само за Исус Христос и за Неговото распнување на крстот.\n<sup>3</sup>Веројатно ви делував слаб, исплашен и растреперен.\n<sup>4</sup>Она што ви го зборував и проповедав не се состоеше од мудро составени говори за да ве убедам, туку Светиот Дух ја покажа Својата сила меѓу вас.\n<sup>5</sup>Постапив така за да се здобиете со вера втемелена на Божјата сила, а не на човечка мудрост.\n<sup>6</sup>Се разбира, кога сме меѓу зрели христијани, знаеме да одржуваме и мудри говори. Но тоа не е мудрост што произлегува од овој свет или мудрост што ги привлекува владетелите на овој свет, кои кратко траат.\n<sup>7</sup>Ние ја проповедаме Божјата таинствена мудрост која порано беше скриена, но од искона наменета во вечноста нам да ни донесе слава.\n<sup>8</sup>За жал никој од денешните владетели не ја разбра, зашто да ја беа разбрале, немаше да го распнат нашиот величествен Господ.\n<sup>9</sup>Ние го проповедаме она што во Светото писмо е опишано вака:\n„Око човечко не видело,\nуво човечко не слушнало,\nниту пак човечкиот ум можел да го замисли\nтоа што Бог го има приготвено за оние што Го сакаат.“\n<sup>10</sup>А нам Бог ни го има откриено тоа преку Својот Дух. Божјиот Дух знае сѐ, вклучувајќи го и она што е длабоко во Божјиот ум.\n<sup>11</sup>Зашто, како што ниеден човек не може да му ги знае мислите на друг човек, освен неговиот сопствен дух, така никој не може да ги знае Божјите мисли, освен Божјиот Дух.\n<sup>12</sup>А Бог ни Го даде токму Својот Дух (не духот на овој свет), за да ги знаеме сите работи што Тој ни ги подарил.\n<sup>13</sup>Кога ви зборуваме за овие работи, ние не користиме зборови на човечка мудрост, туку зборови што ни се дадени од Божјиот Дух, Кој духовните работи ги објаснува со духовен речник.\n<sup>14</sup>Луѓето кои не се препородени од Божјиот Дух не можат да ги разберат вистините што доаѓаат од Божјиот Дух, и затоа не ги прифаќаат. Ним сето тоа им изгледа неразбирливо, а тоа е затоа што духовните работи можат да се разберат само со помош на Божјиот Дух.\n<sup>15</sup>А луѓето кои се препородени од Божјиот Дух се способни сѐ да разберат, иако самите нив другите луѓе не можат да ги разберат.\n<sup>16</sup>Како што рекол пророкот Исаија:\n„Кој ги знае мислите на Господ?\nКој Му е советник на Господ?“\nА нам ни е даден Христовиот ум и затоа можеме да ги разбереме овие работи.\n= Глава 3 =\n6 Поделби меѓу незрели христијани\n<sup>1</sup>Драги мои, додека бев кај вас, јас не можев да ви зборувам како на духовно зрели христијани. Ви зборував како на телесни луѓе, како на луѓе што во Христовата вера се новороденчиња.\n<sup>2</sup>Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидејќи сѐ уште не бевте способни да ја примате. За жал, ни сега не сте способни.\n<sup>3</sup>Сѐ уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?\n<sup>4</sup>Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос. Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе?\n7 Проповедниците се само Божји слуги\n<sup>5</sup>Кој е Аполос? Кој е Павле? Вреди ли заради нас да се карате? Ние сме само Божји слуги преку кои поверувавте. Секој од нас си ја извршуваше задачата дадена од Господ.\n<sup>6</sup>Јас сеев, Аполос полеваше, но Бог овозможи семето да порасне.\n<sup>7</sup>Не е важен ни тој што сееше, ни тој што полеваше, туку Бог, Кој овозможи семето да порасне.\n<sup>8</sup>Оној што сее и оној што полева работат еднакво важни задачи и секој од нив ќе добие награда соодветна на вложениот труд.\n<sup>9</sup>И Аполос и јас работиме за Бог, а вие сте Божја нива, Божја градба, а не наша.\n8 Индивидуална одговорност: Христовиот Суд\n<sup>10</sup>Користејќи ја дарбата што Бог милостиво ми ја даде, јас, како и секој мудар ѕидар, најпрво го поставив темелот, а други по мене ќе градат врз него. Но секој мора да внимава како ќе гради!\n<sup>11</sup>Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос!\n<sup>12</sup>Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, сребро или скапоцени камења, а друг со дрво, сено или слама.\n<sup>13</sup>Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело! Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност.\n<sup>14</sup>Ако делото издржи, градителот ќе добие награда;\n<sup>15</sup>ако, пак, делото согори, градителот ќе се соочи со голем губиток. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!\n<sup>16</sup>Зар не сфаќате дека вие сте Божјиот храм и дека Божјиот Дух живее во вас?\n<sup>17</sup>Ако некој го урива Божјиот храм, Бог него ќе го разурне, бидејќи Божјиот храм е свет. Тој храм сте вие, христијаните.\n<sup>18</sup>Никој нека не се залажува! Ако некој од вас се смета за мудар според мерилата на овој свет, треба да се ослободи од таквата самоувереност, за да може да стане мудар според Божјите мерила.\n<sup>19</sup>Зашто мудроста на овој свет е рамна на лудост пред Бог! Во Светото писмо пишува:\n„Бог ги лови самоуверените мудреци\nво стапицата на нивното сопствено лукавство!“\n<sup>20</sup>И на друго место:\n„Господ им ги знае плановите на мудрите,\nзнае дека во нив нема вредност!“\n<sup>21</sup>Затоа, никој да не се фали со човек! Вам ви припаѓа сѐ:\n<sup>22</sup>И Павле, и Аполос и Петар, и целиот свет, и животот и смртта, и сегашноста и иднината - сѐ ви припаѓа вам,\n<sup>23</sup>а вие Му припаѓате на Христос, а Христос Му припаѓа на Бог.\n= Глава 4 =\n9 Одговорната задача на апостолите\n<sup>1</sup>Мене и Аполос треба да нѐ сметате за Христови службеници, на кои им е доверено да раководат со Божјите тајни.\n<sup>2</sup>А од секој раководител се бара верно да ги извршува поставените задачи.\n<sup>3</sup>Малку ми значи вашата оценка за мене, или оценката од други луѓе. Јас дури ни самиот не се оценувам.\n<sup>4</sup>Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда. Господ е Тој што ќе ме оценува.\n<sup>5</sup>Затоа, за ништо не донесувајте конечен суд предвреме, пред да дојде Господ. Тој ќе го изнесе на виделина она што за нас е скриено и невидливо и ќе ги обелодени мотивите на секое срце. Тогаш Бог секого ќе го пофали толку колку што заслужил.\n<sup>6</sup>Драги пријатели, се посочив себеси и Аполос како пример, за да научите што значи поговорката: „Ништо повеќе од она што е напишано во Светото писмо!“ Не треба да се вообразите, приклонувајќи се кон еден од нас, а понижувајќи го другиот.\n<sup>7</sup>Што ти дава за право да се сметаш за повреден од другите? Што е тоа што го имаш, а да не си го добил од Бога? А ако тоа што го имаш си го добил од Бога, зошто се фалиш со тоа? Зар не се работи за подарок?\n<sup>8</sup>Веќе се заситивте, се збогативте и без нас си создадовте свое царство. Камо навистина да создадевте царство, па и ние ќе можевме да владееме заедно со вас!\n<sup>9</sup>Понекогаш ми се чини дека нас апостолите Бог нѐ поставил последни, како осуденици на смрт, јавно изложени на приказ пред целиот свет - и пред ангелите и пред луѓето!\n<sup>10</sup>Нас нѐ сметаат за глупави, поради посветеноста кон Христос, а вас верата во Христос ве направи мудри. Ние сме слаби и понижени, но вие сте моќни и почитувани.\n<sup>11</sup>Сѐ до овој миг ние сме и гладни и жедни, во партали, тепани, без постојано место за живеење.\n<sup>12</sup>Работиме до изнемоштеност и се издржуваме од трудот на сопствените раце. Луѓето нѐ навредуваат, а ние ги благословуваме. Нѐ прогонуваат, а ние стрпливо поднесуваме.\n<sup>13</sup>Нѐ напаѓаат, а ние одговараме со љубезни зборови. Се однесуваат кон нас како да сме отпадок, како смет исфрлен од сите сѐ до денешен ден.\n<sup>14</sup>Не ви го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве посоветувам како мои драги деца.\n<sup>15</sup>Дури и да имате десет илјади учители што ќе ве поучуваат за Христос, имате само еден духовен татко. Јас ви ја донесов Радосната вест за Исус Христос и така станав ваш духовен татко.\n<sup>16</sup>Затоа ве молам да го следите мојот пример.\n<sup>17</sup>За таа цел го испратив кај вас Тимотеј. Тој е мое драго чедо и верен службеник на Господ. Тој ќе ве потсети за она што јас го проповедам за Исус Христос по сите цркви каде што одам.\n<sup>18</sup>Некои од вас мислат дека јас никогаш веќе нема да дојдам во вашата црква, па се поставија на високо.\n<sup>19</sup>Но, ако даде Господ, наскоро ќе дојдам и ќе видам колку се силни оние што се креваат на големо, не на зборови, туку на дело.\n<sup>20</sup>Зашто Божјото царство не е празни зборови. Тоа е сила!\n<sup>21</sup>Што сакате: да дојдам кај вас со прачка, или со љубов и со кроток дух!?\n= Глава 5 =\n10 За неморалот на некои „христијани“\n<sup>1</sup>Јавено ми е дека кај вас има некој човек што живее во блуд, и тоа таков блуд каков што нема ни меѓу паганите: блудство со својата маќеа!\n<sup>2</sup>А вие, наместо да жалите - се гордеете! Треба да го отстраните од вашата средина тој што прави такво нешто!\n<sup>3</sup>Иако јас сум физички отсутен, со духот сум меѓу вас. Јас веќе пресудив за тој што направил такво нешто, исто како да сум присутен.\n<sup>4</sup>Треба да се соберете во името на нашиот Господ Исус Христос, а со вас ќе биде и мојот дух, па со силата на нашиот Господ Исус Христос,\n<sup>5</sup>да го исклучите тој човек од црквата, препуштајќи го во рацете на сатаната! Така тој телесно ќе биде казнет, за да биде спасен неговиот дух на Денот кога Господ ќе се врати.\n<sup>6</sup>Не е добро што се фалите колку сте духовни, а дозволувате во вашата средина да се случуваат вакви работи! Зар не знаете дека е доволно само малку квасец, за да го скисне целото тесто? Така е и со гревот.\n<sup>7</sup>Исчистете се од стариот квасец, односно, од гревот! Тогаш ќе бидете ново тесто, замесено без квасец. Вие сте токму тоа, бидејќи нашето пасхално Јагне, Христос, беше веќе жртвувано за нас.\n<sup>8</sup>Немојте да го славите празникот Пасха со >стариот квас', односно, така што ќе продолжите да бидете лоши и расипани, туку со бесквасен леб, односно, со искреност и духовна чистота. Бидете чисти и искрени, па прославете го со леб без квасец.\n<sup>9</sup>Во моето претходно писмо ви напишав да се држите настрана од луѓе што се впуштаат во блуд.\n<sup>10</sup>Притоа не мислев на луѓе кои сѐ уште не се христијани, а живеат во блуд. Кога би требало да се држите настрана од сите што во овој свет се неморални, алчни, лажговци и што им се поклонуваат на разни идоли, би требало сосема да го напуштите овој свет!\n<sup>11</sup>Мислев на луѓето што се нарекуваат христијани, а сепак прават блуд, или се алчни, или им се поклонуваат на идоли, или ги навредуваат другите, или се опиваат или мамат. Со такви немојте дури заедно ни да јадете!\n<sup>12</sup>Зар е моја работа да судам за оние што се надвор од црквата? Не треба ли и вие најнапред да се грижите какви се оние што се внатре во црквата?\n<sup>13</sup>На оние што се надвор, Бог ќе им суди, а нам Светото писмо ни порачува:\n„Отстранете го од вашите редови секој што е зол!“\n= Глава 6 =\n11 За споровите меѓу христијаните\n<sup>1</sup>Кога меѓу двајца христијани има некој спор, доликува ли случајот да го изнесуваат пред световен суд, наместо да побараат помош од другите христијани?\n<sup>2</sup>Зар не знаете дека еден ден, ние, христијаните, ќе му судиме на овој свет? Ако вие треба да му судите на целиот свет, зарем не сте способни да разрешите дури и најситен меѓусебен спор?\n<sup>3</sup>Зар не знаете дека ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите? Тогаш, колку полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувањата!\n<sup>4</sup>Кога се спорите за најобични, секојдневни работи, зошто одите да се судите пред луѓе кои црквата воопшто не ги цени!?\n<sup>5</sup>Треба да се засрамите, што сум присилен да ви го кажувам тоа! Нема ли меѓу вас христијаните барем еден мудар човек кој би можел да пресудува во вашите меѓусебни спорови?\n<sup>6</sup>Туку дозволувате еден христијанин да се суди со друг христијанин, и тоа пред суд на неверници!\n<sup>7</sup>Самото тоа што вие воопшто се тужите еден со друг, несомнено претставува пораз за вас. Зошто не истрпите, макар и да сте онеправдани? Зошто не ја прежалите штетата што евентуално ви е нанесена?\n<sup>8</sup>Наместо тоа, вие самите правите неправди и им нанесувате штета на своите сохристијани!\n12 За чист христијански живот\n<sup>9</sup>Зар не знаете дека неправедниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство? Немојте да се залажувате! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените мажи, ни хомосексуалците,\n<sup>10</sup>ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство!\n<sup>11</sup>И некои од вас бевте такви, но сега сте очистени, станавте свети и оправдани пред Бог преку делото на Господ Исус Христос и Духот на нашиот Бог.\n<sup>12</sup>Некои од вас велат: „Имам слобода да правам што сакам!“ Да, но не е сѐ полезно! Иако имам слобода да правам што сакам, нема да дозволам да робувам на нешто.\n<sup>13</sup>Велите: „Храната е наменета за стомакот, а стомакот за храната!“ Да, но еден ден Бог ќе ги уништи и стомакот и храната. Телото не постои за со него да правиме блуд. Нашите тела Му припаѓаат на Господ, зашто Господ ги создал.\n<sup>14</sup>Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ.\n<sup>15</sup>Зар не сфаќате дека вашите тела се органи на Христовото тело?Треба ли сега јас да земам нешто што е Христово и да го соединам со проститутка? Никако!\n<sup>16</sup>Или не ви е јасно дека оној што се соединува со проститутка, станува едно тело со неа? Светото писмо вели: „Двајцата ќе станат едно тело.“\n<sup>17</sup>На сличен начин, Кој се соединува со Господ, станува еден дух со Него.\n<sup>18</sup>Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело.\n<sup>19</sup>Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас? Вие не сте ваша сопственост.\n<sup>20</sup>Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со должната почит спрема Бог.\n= Глава 7 =\n== ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ПРАШАЊА\n1) За бракот и брачните односи ==\n<sup>1</sup>А сега да ви одговорам на прашањата што ми ги поставивте во вашето писмо. Прво: „Да, добро е човек да не се жени.\n<sup>2</sup>Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.\n<sup>3</sup>Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг.\n<sup>4</sup>Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга.\n<sup>5</sup>Затоа, не ускратувајте се еден на друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.\n<sup>6</sup>Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед.\n<sup>7</sup>Би сакал секој човек да биде самостоен, како што сум јас. Но не сме сите исти. Бог некого дарувал да живее во брак, а друг да живее како самец.\n<sup>8</sup>На неженетите и на оние чиј брачен другар починал, им препорачувам: да останат самостојни, како што сум и јас.\n<sup>9</sup>Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив.\n<sup>10</sup>На оние што се во брак им заповедувам да не се разведуваат. Тоа не е заповед од мене, туку од Господ. Жената нека не се разведува од својот сопруг.\n<sup>11</sup>Ако сепак се разведе, да не стапува во нов брак, или нека му се врати на својот маж. Истото важи и за мажите: да не се разведуваат од своите сопруги.\n<sup>12</sup>На другите можам да им дадам мој совет. Тоа не е заповед од Господ, туку мој личен совет. Ако некој христијанин има сопруга што не е христијанка и таа сака да живее со него, нека не ја остава.\n<sup>13</sup>Слично и ако христијанка има сопруг што не е христијанин и тој сака да живее со неа, нека не го остава,\n<sup>14</sup>бидејќи жената христијанка, му носи светост на својот брак, па со тоа и на мажот, иако тој не е христијанин. Слично и кога мажот е христијанин, а неговата сопруга не е, тој му носи светост на својот брак, а со тоа и на својата сопруга. Кога не би било така, вашите деца би биле нечисти, а сега тие се свети.\n<sup>15</sup>Ако брачниот другар што не е христијанин сака да се разведе, нека си оди. Во таков случај, не сте обврзани да живеете во постојани расправии, зашто Бог сака неговите деца да живеат во мир.\n<sup>16</sup>Впрочем, можете ли да бидете сигурни дека ќе успеете да го убедите вашиот брачен другар да стане христијанин и да се спаси?\n<sup>17</sup>Секој нека остане во ситуацијата во која Господ го избрал, кога Бог го повикал да поверува. Ова правило го кажувам по сите цркви.\n<sup>18</sup>На пример, ако некој, пред да биде повикан да поверува, веќе бил обрежан, нека не го крие тоа. Ако не бил обрежан, нека не се обрежува.\n<sup>19</sup>Дали човек е обрежан или не, воопшто не е важно. Важно е да живееме според Божјите заповеди.\n<sup>20</sup>Секој нека остане во онаа состојба во која бил кога Бог го повикал.\n<sup>21</sup>Ако си бил роб кога Бог те повикал да поверуваш во Христос, и сѐ уште си роб - не вознемирувај се! Но ако ти се укаже можност да станеш слободен, искористи ја.\n<sup>22</sup>А за Господ, оној што бил повикан како роб, е слободен, а оној што бил повикан како слободен човек, сега е роб на Христос.\n<sup>23</sup>Скапо сте платени и сега и едните и другите сте „Христови робови“, и немојте на никој друг да му слугувате!\n<sup>24</sup>Значи, драги пријатели, секој нека остане во ситуацијата во која ве затекнал Божјиот позив.\n13 2) За девојките и за (не)стапување во брак\n<sup>25</sup>За девојките немам посебна заповед од Господ, но можам да ви го кажам моето мислење и сметам дека можете да ми верувате како на човек спрема кого Господ покажал милостива благонаклоност.\n<sup>26</sup>Сметам дека, поради тешкотиите низ кои сега минуваме, добро е човек да остане во состојбата во која е затекнат.\n<sup>27</sup>Ако си во брак, не барај развод, а ако не си, не настојувај да стапиш во брак.\n<sup>28</sup>Ако сепак стапиш во брак, тоа не е грев. Ако една девојка стапи во брак, тоа не е грев. Но, ќе помине низ многу овоземни неволи од кои се обидувам да ве поштедам.\n<sup>29</sup>Она што сакам да ви го кажам, драги мои, е дека времето што ни преостанува е кратко: Господ брзо ќе дојде, па малку е важно дали сте во брак или не.\n<sup>30</sup>Наскоро, ќе биде неважно дали сте живееле во тага или во радост, дали сте имале имот или не,\n<sup>31</sup>дали сте добиле нешто од овој свет или не, бидејќи овој свет, во сегашниот облик, ќе го нема.\n<sup>32</sup>Би сакал да бидете ослободени од овоземните грижи. Неоженет човек може да му се посвети на Господовото дело, трудејќи се да Му угоди на Господ,\n<sup>33</sup>а оној што е оженет се грижи и за овоземни работи, бидејќи сака да ѝ угоди и на својата сопруга.\n<sup>34</sup>Неговото внимание е поделено. На ист начин, и немажена жена или девојка можат да му се посветат на Господовото дело, па така ќе бидат свети и телесно и духовно. Мажената жена, пак, се грижи и за овоземни работи, за да може да му угоди на својот сопруг.\n<sup>35</sup>Ова ви го пишувам за ваше добро, а не за да ве ограничувам. Само сакам да Му бидете приврзани на Господ со неподелено внимание.\n<sup>36</sup>Ако некој има девојка во зрели години и смета дека не е убаво да ја остави немажена, нека постапи според своето убедување. Бракот не е грев!\n<sup>37</sup>Но ако некој цврсто решил да не се жени, односно, не чувствува таква потреба и може да ги контролира сопствените страсти, тогаш нека не се жени, туку нека остане девственик. И во тој случај добро ќе направи.\n<sup>38</sup>Значи, сосема е в ред ако некој реши да заснова брак, но уште подобро е ако човек може да остане самец.\n<sup>39</sup>Секоја сопруга има обврска да остане со својот сопруг сѐ додека е тој жив. Ако тој почине, таа е слободна да се омажи за кого што сака, но треба да ги следи правилата на Господ.\n<sup>40</sup>Сепак, верувам дека таа ќе биде посреќна ако не се премажува и, кога го велам ова, сметам дека Божјиот Дух ви дава совет преку мене.\n= Глава 8 =\n14 3) За храната принесена на идолска трпеза\n<sup>1</sup>А сега, во врска со храната принесена како жртва на идоли. Сите ние имаме некое знаење. Но знаењето создава горделивост, а љубовта е таа што изградува.\n<sup>2</sup>Ако некој мисли дека многу знае, тој сѐ уште не знае колку што треба да знае.\n<sup>3</sup>Бог ги познава и ги признава за Свои само оние што имаат љубов кон Него.\n<sup>4</sup>Во врска со јадењето на храна што е принесена како жртва на идоли, сите ние знаеме дека идолите не се богови. Постои само еден единствен Бог и освен него друг бог нема.\n<sup>5</sup>За некои луѓе постојат многу „богови“ и господари, и на небото, и на земјата.\n<sup>6</sup>Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е Создателот на сѐ и ние за Него живееме. Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос. Сѐ е преку Него создадено, вклучувајќи нѐ и нас, луѓето.\n<sup>7</sup>Но ваквото знаење го немаат сите. Некои луѓе се навикнати да почитуваат идоли и јадат храна принесена како жртва, со што си ја опогануваат својата слаба совест.\n<sup>8</sup>Храната нема да нѐ приближи до Бог: ништо не губиме ако не јадеме, и ништо не добиваме ако јадеме!\n<sup>9</sup>Само внимавајте слободата што ја имате да не им стане повод за духовно разочарување на оние што не се доволно утврдени во христијанската вера.\n<sup>10</sup>Еве што може да се случи: некој христијанин, што смета дека е погрешно да се јаде оваа храна, може да те види во идолски храм како јадеш од принесената храна. Иако ти не го правиш тоа затоа што веруваш во идоли, твојот пример може да го потикне тој човек да постапи спротивно на својата совест, па и тој да почне да јаде храна принесена како жртва на идоли.\n<sup>11</sup>Иако ти имаш правилно знаење, твојот пример може да дејствува погубно врз друг христијанин. А Христос умре и за него!\n<sup>12</sup>Грешејќи така против другите христијани, ранувајќи ја нивната слаба совест, вие всушност грешите против Христос.\n<sup>13</sup>Затоа, ако храната што ја јадам наведува некој од моите пријатели да направи грев, ќе престанам да јадам месо до крајот на мојот живот! Не сакам јас да бидам причината некој од моите пријатели христијани да биде наведен на грев!\n= Глава 9 =\n15 Павле - пример на самоодрекување\n<sup>1</sup>Зар јас немам иста слобода како другите? Зар јас не сум апостол? Зар лично не сум Го видел нашиот Господ Исус? Зар не поверувавте во Господ преку мојот труд?\n<sup>2</sup>Ако за некои не сум апостол, за вас сигурно сум! Вие сте, всушност, жив доказ дека јас сум апостол на Господ.\n<sup>3</sup>Мојата одбрана пред оние што го доведуваат во прашање мојот авторитет како апостол гласи:\n<sup>4</sup>Зар јас и Барнаба немаме право на храна и вода во вашите домови?\n<sup>5</sup>Зар ние немаме право да се ожениме со христијанки и да ги водиме со нас, како што прават другите апостоли, браќата на Господ, па и Петар?\n<sup>6</sup>Зар само јас и Барнаба мораме самите да се издржуваме додека проповедаме?\n<sup>7</sup>Кој војник сам си ги плаќа трошоците на своето служење? Кој одгледува лозје, а не јаде од неговиот род? Кој пасе овци, а не пие млеко од нив?\n<sup>8</sup>Не го зборувам тоа само од човечка гледна точка. Зар и Божјиот Закон не го вели истото?\n<sup>9</sup>Во Мојсеевиот Закон е запишано: „Не врзувај му ја устата на волот што врши жито.“ Бог сигурно не мисли тука првенствено на воловите.\n<sup>10</sup>Зар тоа не е кажано за нас? Како што им следува надомест на оној што ора и на оној што врши, така и на оние што се духовни работници.\n<sup>11</sup>Ако ние во вас, посадивме духовни добра, зарем е голема работа ако за возврат добиеме дел од вашите материјални добра?\n<sup>12</sup>Ако други луѓе имаат такво право на издршка од вас, зарем ние не сме позаслужни од нив? Сепак, ние не го искористивме тоа право. Поднесуваме сѐ, само да не создаваме пречки за ширењето на Радосна вест од Христос.\n<sup>13</sup>Зар не знаете дека оние што ги извршуваат светите служби во храмот, се издржуваат од подароците донесени во храмот, а и оние што служат на жртвеникот, добиваат дел од принесеното?\n<sup>14</sup>Така Господ определи и оние што ја проповедаат Радосната вест, од тоа да се издржуваат.\n<sup>15</sup>Сепак, јас не искористив ниту едно од овие права и не ви го пишувам ова за да барам од вас издршка. Попрво ќе умрам, ама нема да дозволам некој да ми ја уништи репутацијата дека работам без надомест.\n<sup>16</sup>Тоа што ја проповедам Радосната вест не го сметам за причина да се фалам. Се чувствувам должен тоа да го работам и тешко мене ако не ја проповедам Радосната вест!\n<sup>17</sup>Да го работев тоа по моја лична определба, ќе заслужував надомест. Но за мене тоа е обврска што Бог ми ја довери.\n<sup>18</sup>Тогаш, каква награда добивам јас? Тоа е честа да ја проповедам Радосната вест, без да имам материјална корист и без да ги искористувам правата што ми следуваат како на проповедник.\n<sup>19</sup>Јас не бев обврзан да им се покорувам на луѓето, бидејќи од нив не добивав плата, но сепак им станав слуга на сите за да ги доведам кај Христос.\n<sup>20</sup>Кога сум со Евреи, живеам како Евреин, за да ги доведам кај Христос. Тие му се потчинуваат на Мојсеевиот Закон, па и јас се придржувам кон истиот Закон, за да можам да ги доведам кај Христос, иако јас веќе не сум под тој Закон.\n<sup>21</sup>Кога сум со луѓе што не го признаваат Мојсеевиот Закон, го оставам Законот настрана, та и нив да ги доведам кај Христос. Се разбира, јас не живеам без закон, зашто го почитувам Божјиот Закон, односно, се раководам од Христовиот закон.\n<sup>22</sup>Кога сум со сиромаси и јас живеам како нив, па и нив да ги доведам кај Христос. На сите им се прилагодив, сите начини ги применив за да спасам некои од нив.\n<sup>23</sup>Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.\n<sup>24</sup>Знаете дека на трката трчаат сите натпреварувачи, но само еден ја добива наградата. И вие треба да трчате со цел да победите!\n<sup>25</sup>Секој атлетичар се одрекува од многу нешта, за да добие награда што нема долго да вреди, а нашата награда вечно ќе вреди.\n<sup>26</sup>Јас не трчам кон нешто неизвесно, не удирам во празно,\n<sup>27</sup>туку го вежбам моето тело на издржливост и го обуздувам, за да не се случи, додека им проповедам на другите, самиот да испаднам од трката.\n= Глава 10 =\n16 Предупредување против идолопоклонството\n<sup>1</sup>Драги мои, сакам да ве потсетам на нашите предци кога патуваа низ пустината. Бог ги водеше, испраќајќи подвижен облак да ги води; сите безбедно минаа преку морето.\n<sup>2</sup>Како следбеници на Мојсеј, тие беа крстени во морето, со Божјиот облак над нив.\n<sup>3</sup>Сите ја јадеа истата храна што ја добиваа на чудотворен начин,\n<sup>4</sup>сите ја пиеја истата вода што потече за нив на чудотворен начин, зашто тие пиеја од духовната Карпа која ги придружуваше. Таа „Карпа“ беше Христос.\n<sup>5</sup>Сепак, со повеќето од нив Бог не беше задоволен. Затоа тие изумреа, а нивните тела останаа расфрлани по пустината.\n<sup>6</sup>Тоа што им се случи е поука за нас, за да не посакуваме зли нешта, како што посакуваа тие,\n<sup>7</sup>да не станеме идолопоклоници, како што станаа некои од нив. За ова во Светото писмо пишува:\n„Луѓето славеа со гозби и пијанки,\nа потоа станаа на пагански игри!“\n<sup>8</sup>Да не вршиме блуд, како што вршеа некои од нив поради што во само еден ден загинаа дваесет и три илјади души!\n<sup>9</sup>Да не Го предизвикуваме Господ, како што некои од нив Го предизвикуваа, па изгинаа каснати од змии.\n<sup>10</sup>Немојте да негодувате, како што некои од нив негодуваа, па Господ го испрати ангелот на смртта да ги погуби.\n<sup>11</sup>Ова што им се случи ним, треба да биде поука за нас. Тоа е запишано во Светото писмо како предупредување за нас што живееме во овие последни денови.\n<sup>12</sup>Затоа, секој што мисли дека е цврст спрема искушенијата, нека внимава да не потклекне.\n<sup>13</sup>Искушенијата ги сполетуваат сите луѓе, но тие не се над вашите сили. Тој нема да дозволи да бидете искушувани повеќе отколку што можете да поднесете. А за секое искушение ќе ви покаже излез и ќе ви даде сили да се одбраните.\n<sup>14</sup>Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство.\n<sup>15</sup>Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам.\n<sup>16</sup>Кога на Господовата вечера пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело?\n<sup>17</sup>Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело.\n<sup>18</sup>Погледнете го израелскиот народ. Тие, јадејќи од жртвите принесени на еден ист жртвеник, покажуваат дека се еден народ.\n<sup>19</sup>Што сакам да кажам со ова? Дали идолите на кои паганите им принесуваат жртви се вистински богови и дали од тие жртви има некаква придобивка?\n<sup>20</sup>Се разбира, не! Она што тие го принесуваат како жртва, им го принесуваат на демоните, а не на Бог, а јас не сакам вие да општите со демони.\n<sup>21</sup>Не може да пиете од чашата на Господ, а потоа и од чашата на демоните! Не може да седите на Господовата трпеза, а потоа и на демонската трпеза!\n<sup>22</sup>Зар ќе предизвикуваме љубомора кај Господ? Зар сме ние посилни од Него?\n<sup>23</sup>Велите: „Имаме слобода да правиме што сакаме!“ Да, но не е сѐ полезно! Иако имаме слобода да правиме што сакаме, не допринесува сѐ за наше изградување!\n<sup>24</sup>Ниеден од нас не треба да ги гледа само своите интереси, туку да водиме сметка и за другите луѓе.\n<sup>25</sup>Еве како треба да постапувате. Слободно јадете од секое месо што се продава на пазар, без да се распрашувате дали било наменето за идоли; така нема да ве гризе совеста.\n<sup>26</sup>А Светото писмо вели: „Господова е Земјата и сѐ што ја исполнува.“\n<sup>27</sup>Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно. Јадете од сѐ што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста.\n<sup>28</sup>Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа.\n<sup>29</sup>Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил.\nМожеби некој рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!?\n<sup>30</sup>Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“\n<sup>31</sup>Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава.\n<sup>32</sup>Затоа, немојте да ги соблазнувате ни Евреите, ни другите народи, ни оние што ѝ припаѓаат на Божјата црква.\n<sup>33</sup>Правете како што правам јас: на сите се обидувам да им угодам и не правам онака како што би било најдобро за мене, туку пред сѐ, мислам на другите луѓе. Тоа е затоа што сакам тие да се спасат.\n= Глава 11 =<sup>1</sup>Следете го мојот пример, како што јас го следам примерот на Христос.\n17 ЗА НЕКОИ ПРАВИЛА НА БОГОСЛУЖБИТЕ\n<sup>2</sup>Мило ми е, драги пријатели, што постојано сум ви во мислите и ве пофалувам што точно го следите христијанското учење, онака како што ви го пренесов.\n<sup>3</sup>Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.\n<sup>4</sup>Секој маж што се моли или пророкува со покривало на главата го срамоти својот поглавар, односно Христос.\n<sup>5</sup>И секоја жена што се моли или пророкува гологлава, го срамоти својот поглавар, односно мажот, зашто тоа е исто како да ѝ е избричена главата.\n<sup>6</sup>Ако некоја жена не сака да носи покривало на својата глава, тоа е како да е сосема истрижана! А бидејќи е срамно жените да бидат истрижени или со избричена глава, нека носат покривала.\n<sup>7</sup>Мажот не треба да носи покривало на главата бидејќи тој ја одразува Божјата слава и беше создаден според Божјиот лик. Жената пак, ја одразува славата на мажот.\n<sup>8</sup>Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж.\n<sup>9</sup>Не беше мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.\n<sup>10</sup>Затоа жените треба да носат покривала на главата како знак на потчинетост, бидејќи ангелите гледаат.\n<sup>11</sup>Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот.\n<sup>12</sup>Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на сѐ што суштествува е Бог.\n<sup>13</sup>Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата?\n<sup>14</sup>Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса?\n<sup>15</sup>Од друга страна, за жената долгата коса е украс. Таа ѝ е дадена како еден вид покривало на главата.\n<sup>16</sup>Но, ако некој има намера да се препира околу ова прашање, ниту ние, ниту другите Божји цркви немаме таков обичај.\n18 2) За Господовата спомен-вечера (Причест)\n<sup>17</sup>За следното прашање, за кое ќе ви дадам упатства, не можам да ве пофалам, зашто се чини дека вашите собирања предизвикуваат повеќе штета одошто полза!\n<sup>18</sup>Пред сѐ, слушам, а делумно и верувам во тоа, дека, кога се собирате на богослужби, меѓу вас има подвоеност.\n<sup>19</sup>Неизбежно е и меѓу вас да се појават групи што ќе се отцепат од вас. Но така ќе се види кој се држи до вистината.\n<sup>20</sup>Слушам дека кога се собирате на Господовата спомен-вечера<sup>21</sup>секој гледа брзо да си го изеде тоа што го донел, па еден останува гладен, а друг се опива!\n<sup>22</sup>Си немате ли вие куќи, па таму да јадете и да пиете? Или сакате да ги презирате сиромашните во Божјата црква!? Што да ви кажам? Зар да ве фалам? За тоа не можам да ве пофалам!\n<sup>23</sup>И вам ќе ви го пренесам она што Господ мене ми го предаде. Ноќта кога беше предаден, Господ Исус зеде леб,\n<sup>24</sup>се заблагодари, го раскрши и рече: „Ова е моето тело што се крши за вас. Правете го ова како спомен за Мене.“\n<sup>25</sup>Исто така, по вечерата зеде чаша со вино и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет меѓу Бог и вас, запечатен со Мојата крв. Потсетувајте се на ова секогаш кога ќе пиете за сеќавање на Мене.“\n<sup>26</sup>Секојпат кога за оваа цел јадете од лебот и пиете од чашата, ја прикажувате смртта на Господ, сѐ додека Тој повторно не дојде.\n<sup>27</sup>Секој што недостојно јаде од лебот или пие од чашата Господова, виновен е за непочитување на телото и крвта на Господ.\n<sup>28</sup>Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен-вечера.\n<sup>29</sup>Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе!\n<sup>30</sup>Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.\n<sup>31</sup>Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани.\n<sup>32</sup>А кога Господ нѐ кара и казнува, тоа е за да нѐ поправи, па да не бидеме осудени заедно со неверничкиот свет.\n<sup>33</sup>Затоа драги мои, кога се собирате да ја јадете Господовата спомен-вечера, причекувајте се!\n<sup>34</sup>Ако е некој гладен, нека јаде дома. Така вашите собирања нема да ви носат осуда.\nА за другите работи, ќе ви дадам упатства кога ќе дојдам.\n= Глава 12 =\n19 ЗА ДУХОВНИТЕ ДАРОВИ\n<sup>1</sup>А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарови, односно, даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање.\n<sup>2</sup>Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли.\n<sup>3</sup>Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исус, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух.\n<sup>4</sup>Постојат различни духовни дарови, но сите нив ги дава истиот Дух.\n<sup>5</sup>Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ.\n<sup>6</sup>Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог.\n<sup>7</sup>Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува на општа полза за сите.\n<sup>8</sup>На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.\n<sup>9</sup>Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат.\n<sup>10</sup>На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.\n<sup>11</sup>Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши.\n20 Споредба со органите во телото\n<sup>12</sup>Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.\n<sup>13</sup>Нас нѐ има Евреи и припадници на другите народи, некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас нѐ крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух.\n<sup>14</sup>Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи.\n<sup>15</sup>Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото?\n<sup>16</sup>Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото?\n<sup>17</sup>Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси?\n<sup>18</sup>Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото.\n<sup>19</sup>Ако има само еден орган, тоа нема да претставува тело!\n<sup>20</sup>Телото е едно, но се состои од многу органи.\n<sup>21</sup>Окото не може да ѝ каже на раката: „Не си ми потребна!“, ниту главата може да им каже на нозете: „Не сте ми потребни!“\n<sup>22</sup>Напротив, органите што ни изгледаат послаби се многу понеопходни,\n<sup>23</sup>а на оние што ги сметаме за понеугледни, им посветуваме поголемо внимание! Значи, поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи,\n<sup>24</sup>зашто угледните органи немаат потреба од тоа. Бог така го составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не ги истакнуваме.\n<sup>25</sup>Така во самото тело нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг.\n<sup>26</sup>Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи. Кога на еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите органи.\n<sup>27</sup>Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело.\n<sup>28</sup>Во Христовото тело, односно во Црквата, Бог поставил\nпрво апостоли,\nвторо пророци,\nтрето учители,\nпо нив се оние што прават чуда,\nпа оние што имаат дар да исцелуваат,\nпа оние што им помагаат на другите,\nпа оние што умеат да управуваат\nи оние што зборуваат разни јазици.\n<sup>29</sup>Зар треба сите да бидат апостоли? Треба ли сите да бидат пророци? Зар треба сите да бидат учители? Може ли сите да прават чуда?\n<sup>30</sup>Може ли сите да имаат дар да исцелуваат? Треба ли сите да зборуваат на разни јазици? Може ли секој да преведува од друг јазик? Се разбира, не!\n<sup>31</sup>Стремете се кон поголеми дарби!\nА јас ќе ви покажам што е неспоредливо подобро од која и да е дарба!\n= Глава 13 =\n21 Славопој за љубовта\n<sup>1</sup>И да умеам да зборувам на сите можни јазици,\nчовечки и ангелски,\nа немам љубов,\nјас би бил како гонг што одѕвонува,\nкако цимбал што ѕвечи.\n<sup>2</sup>И да имам дарба да пророкувам,\nда ги знам сите тајни,\nда го имам собрано целото знаење,\nда имам вера што може планини да преместува,\nа немам љубов -\nне вредам ништо!\n<sup>3</sup>И да раздадам на сиромаси сѐ што имам,\nпа и сопственото тело да си го жртвувам,\nа немам љубов -\nништо не сум направил!\n<sup>4</sup>Да имаш љубов, значи:\nда имаш голема стрпливост и\nда бидеш љубезен.\nДа не си завидлив,\nда не се фалиш, да не се вообразуваш.\n<sup>5</sup>Да не бидеш груб, да не бидеш себичен,\nда не бидеш избувлив, да не памтиш зло.\n<sup>6</sup>Да не се радуваш на ниедна неправда,\nа да се радуваш на вистината.\n<sup>7</sup>Секогаш да имаш разбирање за другите,\nсекогаш да веруваш,\nсекогаш да се надеваш и сѐ да поднесуваш.\n<sup>8</sup>Љубовта е вечна,\nа пророкувањата ќе престанат,\nзборувањето на непознати јазици ќе молкне,\nсегашното знаење ќе се надмине.\n<sup>9</sup>Зашто, нашето знаење е нецелосно,\nпа и пророштвата само малку ни откриваат;\n<sup>10</sup>а кога ќе дојде времето на совршенството,\nсѐ што е нецелосно ќе исчезне.\n<sup>11</sup>Кога бев дете, зборував како дете,\nразмислував како дете и расудував како дете.\nКога станав зрел човек,\nпрестанав да се однесувам како дете.\n<sup>12</sup>Ние сега гледаме нејасно,\nкако во замаглено огледало,\nа тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог,\nи сѐ ќе ни стане јасно.\nСѐ што знам сега е нецелосно,\nа тогаш сѐ ќе знам совршено,\nкако што мене Бог совршено ме познава.\n<sup>13</sup>Има три работи што ќе опстојат:\nверата, надежта и љубовта;\nа од сите нив, најголема е љубовта.\n= Глава 14 =\n22 Дарбата за зборување туѓи јазици и дарбата за пророкување\n<sup>1</sup>Љубовта нека ви биде највозвишената цел! Бидете желни и за духовни дарби, а посебно за дарба да пророкувате.\n<sup>2</sup>Зашто, кога некој зборува на непознати јазици, Бог ќе го разбере, но не и луѓето. Тоа што го зборува воден од Светиот Дух, ќе остане тајна за луѓето.\n<sup>3</sup>А оној што пророкува, им зборува на луѓето за да ги поучи, да ги опомене и да ги утеши.\n<sup>4</sup>Оној што зборува на непознати јазици, самиот себе се надградува, а оној што пророкува ги надградува сите што се во црквата.\n<sup>5</sup>Би сакал сите вие да имате дарба да зборувате на непознати јазици, но повеќе би сакал да умеете да пророкувате. Оној што пророкува извршува поважна служба од оној што зборува на јазици, освен ако има и превод, па луѓето во црквата да можат да се поучат.\n<sup>6</sup>Драги мои, ако дојдам кај вас и ви зборувам на непознати јазици, каква полза ќе имате, ако не ви откријам што значи тоа? Каква полза ќе имате ако не ви кажам нешто што не го знаете, ако не ви пророкувам и не ве поучам?\n<sup>7</sup>Дури и музичките инструменти, како на пример флејта или харфа, иако не се живи суштества, треба да испуштаат јасни тонови инаку, како ќе ја распознаваме мелодијата?\n<sup>8</sup>Ако трубата не дава препознатлив звук, како ќе знаат војниците дека треба да се подготват за борба?\n<sup>9</sup>Така и вие, ако не ја пренесете пораката со разбирливи зборови, како ќе се знае што сте рекле? Зборувањето ќе ви биде во ветер!\n<sup>10</sup>На светот постојат многу јазици и сите си имаат смисла за оние што ги разбираат.\n<sup>11</sup>Но ако јас не го знам јазикот, ниту јас ќе можам да го разберам човекот што ми зборува на тој јазик, ниту тој ќе може да ме разбере мене.\n<sup>12</sup>Затоа, кога сте веќе толку желни за духовни дарби, барајте такви дарби што ќе бидат најполезни за Црквата.\n<sup>13</sup>Оној што има дарба да зборува на туѓ јазик, треба да се моли и за способност да им го преведе на слушателите.\n<sup>14</sup>Зашто, ако се молам на јазик што не го разбирам, мојот дух се моли, но мојот разум нема никаква полза од тоа.\n<sup>15</sup>Значи, што треба да правам? Да се молам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум! Да пеам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум.\n<sup>16</sup>Во спротивно, ако се молите само во својот дух, како може оној што не ве разбира да каже „Амин“ на вашите искажани благодарности, кога не разбира што сте рекле?\n<sup>17</sup>Вие можеби сте Му се заблагодариле на Бог на прекрасен начин, но во тоа нема поука за другите.\n<sup>18</sup>Благодарен сум Му на Бог што јас зборувам повеќе јазици од сите вас,\n<sup>19</sup>сепак во црквата претпочитам да кажам пет збора што сите ќе ги разберат и од нив ќе се поучат, отколку десет илјади зборови на јазик што никој не го разбира.\n<sup>20</sup>Драги пријатели христијани, немојте да се однесувате како да сте со детски ум! Во однос на злото, треба да бидете наивни како деца, но во расудувањето бидете со зрели умови.\n<sup>21</sup>Во Светото писмо е напишано:\n„Ќе му се обратам на овој народ на разни јазици,\nпреку луѓе кои ќе им говорат на разни јазици,\nно ни тогаш нема да Ме послушаат“ - вели Господ.\n<sup>22</sup>Духовниот дар да се зборува на туѓи јазици можеби им значи нешто на оние кои сѐ уште не поверувале, но не и на оние што веруваат. Пророкувањето, од друга страна, е првенствено наменето за оние што веруваат, а не за оние што не веруваат.\n<sup>23</sup>Замислете да се собере целата црква и сите да почнат да зборуваат на непознати јазици; ако влезе некој неупатен или неверен, зар нема да помисли дека сте полуделе!?\n<sup>24</sup>Но ако во црквата се пророкува, па влезе некој неупатен или неверник, ќе слушне, ќе сфати дека е грешен и дека начинот на кој живее е за осуда.\n<sup>25</sup>Додека слуша, ќе му бидат разоткриени тајните на неговото срце, па ќе клекне на колена и ќе Му се помоли на Бог, признавајќи дека Бог навистина е овде, меѓу вас.\n23 Ред на богослужбите\n<sup>26</sup>Значи, што барам јас од вас, драги пријатели христијани? На вашите собранија, некој ќе сака да каже псалм, некој поука, некој нешто што Му е откриено од Бог, некој ќе зборува на непознат јазик, друг ќе го преведува. Сите тие нешта треба да бидат за ваша духовна изградба.\n<sup>27</sup>Ако некои посакаат да зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат двајца или најмногу тројца и тоа еден по еден, а некој нека ги преведува.\n<sup>28</sup>Ако нема кој да ги преведува, нека не зборуваат јавно во црквата, туку приватно, пред Бог.\n<sup>29</sup>И кога се пророкува, нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека размислуваат за кажаното.\n<sup>30</sup>Ако некој од учесниците добие откровение од Бог, тогаш оној што зборува тогаш треба да заврши, па да почне другиот да зборува.\n<sup>31</sup>Така сите што пророкуваат ќе можат да зборуваат, но само еден по еден, за сите да можат да научат нешто и да се охрабрат.\n<sup>32</sup>Зашто и луѓето што пророкуваат треба да се контролираат и да си го чекаат својот ред!\n<sup>33</sup>Бог не сака безредие, туку сака сѐ да се одвива во ред и мир, како што е во сите христијански цркви.\n<sup>34</sup>Жените не треба да говорат на богослужбите. Тие треба да молчат и да слушаат, како што наложува Мојсеевиот Закон.\n<sup>35</sup>Ако нешто не им е јасно, нека ги прашаат дома своите мажи. На жена не ѝ доликува да говори на богослужба.\n<sup>36</sup>Божјото слово, драги христијани во Коринт, ниту започна од вас, ниту завршува кај вас!\n<sup>37</sup>Ако некој се смета за пророк или за духовен човек, ќе сфати дека овие работи што ви ги напишав се заповеди од Господ.\n<sup>38</sup>Ако некој го отфрла ова, Господ ќе го отфрли него!\n<sup>39</sup>Така, драги мои, бидете желни да пророкувате. Не забранувајте го зборувањето на непознати јазици,\n<sup>40</sup>но сѐ мора да се прави пристојно и уредно!\n= Глава 15 =\n24 Суштината на Радосната вест\n<sup>1</sup>Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата.\n<sup>2</sup>Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, докалку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера.\n<sup>3</sup>Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо;\n<sup>4</sup>беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо.\n<sup>5</sup>Воскреснатиот Христос се јави на Петар и на дванаесетте апостоли,\n<sup>6</sup>а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето сѐ уште се живи, иако некои веќе починаа.\n<sup>7</sup>Потоа му се јави на Јаков, а на крајот одново на сите апостоли.\n<sup>8</sup>Најпосле по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче.\n<sup>9</sup>Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата црква.\n<sup>10</sup>Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене.\n<sup>11</sup>Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли. Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.\n25 За воскресението на мртвите\n<sup>12</sup>Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат?\n<sup>13</sup>Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал!\n<sup>14</sup>А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера!\n<sup>15</sup>Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос!\n<sup>16</sup>Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат.\n<sup>17</sup>Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови!\n<sup>18</sup>Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати!\n<sup>19</sup>Ако ние се надевавме на Христос само за овој живот, тогаш сите ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!\n<sup>20</sup>Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.\n<sup>21</sup>Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос.\n<sup>22</sup>Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос, повторно ќе оживеат,\n<sup>23</sup>но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници.\n<sup>24</sup>После тоа ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог.\n<sup>25</sup>Зашто Христос ќе владее, „сѐ додека не ги собори и згази сите Свои непријатели“.\n<sup>26</sup>Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта.\n<sup>27</sup>Кога Светото писмо вели: „Сѐ ќе покори под Своите стапала.“ јасно е дека тоа не Го вклучува Бога, зашто Бог е Тој што ќе покори сѐ и ќе Му го потчини на Христос.\n<sup>28</sup>Кога сѐ ќе биде под власта на Божјиот Син, тогаш Самииот Тој ќе Му се потчини на Бог, Кој претходно Нему Му потчини сѐ. Така Бог целосно ќе владее над сѐ.\n<sup>29</sup>Ако нема воскресение за мртвите, тогаш, што сакаат да постигнат луѓето што се крштаваат заради нив? Зошто се крштаваат во име на мртвите, ако нема воскресение на мртвите!?\n<sup>30</sup>Зошто ние секој миг се изложуваме на опасности?\n<sup>31</sup>Зошто јас секојдневно се соочувам со смртта? Ви се колнам дека е така, ви се колнам во она со што многу се гордеам пред нашиот Господ Исус Христос, а тоа е што вие станавте христијани.\n<sup>32</sup>Ако во Ефес се борев со диви ѕверови надевајќи се само на она на што се надеваат обичните луѓе, каква корист ќе имам од тоа? Ако нема воскресение за мртвите, тогаш:\n„Да јадеме и да пиеме,\nзашто ионака наскоро ќе умреме!“\n<sup>33</sup>Не дозволувајте да ве залажат оние што така велат, зашто: „Лошото друштво го уништува добриот карактер!“\n<sup>34</sup>Вразумете се како што треба, и престанете да грешите! Простете што ќе ви го кажам ова, но треба да се засрамите, што некои од вас сѐ уште не Го познаваат Бога!\n26 За новите воскреснати тела\n<sup>35</sup>Некој од вас ќе праша: „Како ќе воскреснат мртвите? Какви тела ќе имаат?“\n<sup>36</sup>Размислете разумно: кога сеете некое семе, тоа најпрво умира, а потоа од него израснува жива билка.\n<sup>37</sup>Она што го сеете е голо зрно пченица или нешто друго. Семето изгледа сосема различно од растението што подоцна ќе изникне.\n<sup>38</sup>На секое посадено семе Бог му дава тело какво што Тој сака. Секое си има свое сопствено тело.\n<sup>39</sup>А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите.\n<sup>40</sup>Постојат и небесни и земни тела, но славата на небесните тела е различна од убавината на земните тела.\n<sup>41</sup>Сјајот на сонцето се разликува од сјајот на месечината; поинаков е пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите меѓусебно се разликуваат по својот сјај.\n<sup>42</sup>Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело.\n<sup>43</sup>Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело.\n<sup>44</sup>Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело.\n<sup>45</sup>Во Светото писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот.\n<sup>46</sup>Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното.\n<sup>47</sup>Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото.\n<sup>48</sup>Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја. Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото.\n<sup>49</sup>Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на човекот што потекнува од небото.\n<sup>50</sup>Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се разпадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство.\n<sup>51</sup>Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, сите ќе бидеме преобразени.\n<sup>52</sup>Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела.\n<sup>53</sup>Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно.\n<sup>54</sup>Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото писмо:\n<бр Ѓ>\n„Смртта е уништена и победата е целосна!“\n<sup>55</sup><О, смрт, каде е твојата победа?\nО, смрт, каде е твоето осило?“\n<sup>56</sup>Гревот е осилото на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот закон.\n<sup>57</sup>Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.\n<sup>58</sup>Затоа, драги пријатели христијани, бидете цврсти и непоколебливи, секогаш подготвени да го унапредувате делото Господово, свесни дека тоа што го работите за Господ нема да биде попусто.\n= Глава 16 =\n27 Доброволни прилози за Ерусалимската црква\n<sup>1</sup>А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас.\n<sup>2</sup>Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам.\n<sup>3</sup>Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма.\n<sup>4</sup>Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.\n28 Завршни упатства\n<sup>5</sup>Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија.\n<sup>6</sup>Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување.\n<sup>7</sup>Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време.\n<sup>8</sup>Ќе останам во Ефес сѐ до Духовден,\n<sup>9</sup>зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.\n<sup>10</sup>Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас.\n<sup>11</sup>Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.\n<sup>12</sup>Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.\n<sup>13</sup>Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни.\n<sup>14</sup>Сѐ што работите нека биде со љубов.\n<sup>15</sup>Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните.\n<sup>16</sup>Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.\n<sup>17</sup>Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас.\n<sup>18</sup>Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.\n29 Поздрави\n<sup>19</sup>Ве поздравуваат црквите од покраината Азија. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од сѐ срце ве поздравуваат.\n<sup>20</sup>Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно еден со друг.\n<sup>21</sup>Со своја рака ви пишувам: поздави од мене Павле.\n<sup>22</sup>Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ! Мараната (Дојди Господе!)!\n<sup>23</sup>Господ Исус нека ви биде благонаклонет.\n<sup>24</sup>Ве сакам сите што сте следбеници на Исус Христос.", "subject": ["Библија", "Христијанство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%82", "word_count": 10343, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5060", "title": "Зборник на Миладиновци/ 522 песна", "text": "Посвршил се Симон добар јунак\nСе посвршил многу на далеку\nТри конаци преку црно море\nИ четири преку рамно поле.\nДојде коа, дојде лепо време,\nДа си зеит убаа невеста.\nДопуштила Симоноа тешта:\n„Ај ти тебе Симон зеташтине!\nДа не идеш со малу сватои,\nТук на дојдиш со многу сватои;\nАко дојдиш со малу сватои,\nНие не те в града прибираме,\nНити тебе мома изваваме.”\nСе зачуди Симон добар јунак,\nГлаа кршит от свои рамена,\nР'це кршит от свои колена,\nНоѕе кршит от бели камења.\nГо догледа негоа стара мајка:\n„Ајти синко, Симон добар јунак!\nШто те тебе нужба дотерало,\nГлаа кршиш от свои рамена,\nР'це кршиш от свои колена,\nНоѕе кршиш от бели камења?”\n„Ајти мајка, ајти стара мајка,\nДопуштила моја стара тешта,\nДа не ода со малу сватои,\nОти не ми мома изважала!”\n„Ајти синко, Симон добар јунак!\nАљ тоа те тебе брига нашло\nКолку сакаш сватои ти идет.”\nСи пособра китени сватои,\nСи отиде Симон добар јунак\nТри конаци преку црно море,\nА четири преку рамно поле,\nГо пречека Симоноа тешта,\nМу даде нејѕина мила керка.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_522_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 181, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5076", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога излегвет од куки", "text": "Си сватои на коња јавнале,\nМлат зеташин на коња не јавнал,\nТук си учит убава нееста:\n„А невесто, киско босиљкоа!\nКога мие дома ке појдиме,\nКе излезит моја стара мајка,\nКе излезит со крондил ракиа,\nКе ти даит со чаша викиа,\nТи да ми је чаша не потземвиш;\nДа је даиш брату Костадину.\nА невеста умна и разумна,\nКога појде во негои двореи,\nЈе пречека негоата мајка,\nЈе изваде со крондил ракиа,\nЈе подаде со чаша викиа.\nЈе позела убаа нееста;\nА нееста умна и разумна,\nНе ја испи, ни чаша је даде,\nТук је тури на земја суроа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D0%BE%D0%B4_%D0%BA%D1%83%D0%BA%D0%B8", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5081", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да се приближват в црков", "text": "Што је врева во Поројна црква?\nАли грмит, аљ се земја тресит?\nНе ми грмит, ни земја се тресит,\nСе венчаат Милош со нееста.\nЈе постиснал прсти со прстени,\nТаја му се нему милно молит:\n„А Милоше, мое добро мило!\nНе стискај ми прсти со прстени.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B6%D0%B2%D0%B0%D1%82_%D0%B2_%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5075", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога девојката истрвает", "text": "Што се борја от корења корнет?\nШто се борја от корења корнет?\nНе се борја от корења корнет,\nТук се делит девојка от мајка.\nНе се борја от корења корнет,\nТук се делит девојка от татка.\nШто се борја от корења корнет?\nНе се борја от корења корнет,\nТук се делит девојка от брата.\n„Отпроштавај се от мајкини пазуј,\nОт таткој скутеј, от братој дворој.”\nДевојка се на бор навалила:\n„Леле боре, леле зелен боре!\nКак ке викнам чужа мајка мајко!\nКак ке викнам чужа татка татко!\nКак ке викнат чужа татка татко!\nКак ке викнам чужа сестра сестро!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B5%D1%82", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5065", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога одат по невеста", "text": "Раскарал се Нико и Никола,\nНа онаа убаа девојка;\nНико велит ја ке ја зе'а,\nА Никола ја ке ја зе'а.\nНико собра две киљади сватој,\nА Никола три киљади сватој.\nПоминае низ гора зелена;\nНико врвит преку Нико поле,\nА Никола преку Шар планина.\nНа девојка абер је обиде;\nДевојка је умна и разумна,\nМи се качи на диван високи,\nШто ми гљаат чудо и големо!\nК'де врвет низ гора зелена,\nК'де врвет две рала сватои,\nПо сватои два млади зетои.\nПак си слегвит от диван високи.\nСи велит на своја мила мајка:\n„А егиди моја мила мајко!\nЈа влези си во земни керали,\nТа откључи мој шарен ковчек,\nИзвади ми две ризи зетоски;\nЈа се качиф на диван високи,\nШто си глеаф чудо и големо,\nК'де врвет низ гора зелена\nК'де врвет две рала сватои,\nПо сватои два млади зетои;\nНи за кого, мајка, не се м'жа,\nНи крвнина во куќа си чина,\nКе и фата два брата рогени.”\nСи изваде две ризи зетоски,\nСи и даде на бела Бојана.\nТа и кладе во бели пазуи;\nКолку сватој в дворје навлегое,\nМошне лепо ми и пречекае;\nА Бојана умна и разумна\nДва зетеи во образ и баци,\nВ образ и баци, и дар си дарва,\nСи фати два брата рогени\nСи попрати без никоја кавга.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%BF%D0%BE_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 224, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5083", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога се враштает от црков", "text": "Фрљаш, куме, преж′лтион овес,\nТи го фрљаш, тој ти зеленеит,\nНееста го низ прстен береше,\nДа наранит кумотому коњот.\nФрљаш, куме, преж'лтион овес,\nТи го фрљаш, тој ти зеленеит;\nНееста го нис прстен береше,\nДа наранит старосвату коњот.\nФрљаш, куме, преж'лтион овес,\nТи го фрљаш, тој ти зеленеит;\nНееста го низ прстен береше,\nДа наранит от сватои коњи.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B5%D1%82_%D0%BE%D1%82_%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5078", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да ходат на црков за венчање", "text": "Змех прелетал преку црно море,\nА пот криља змех што ми носеше?\nМи носеше убаа девојка.\nМи оделе тие што оделе,\nКолку дошле во гора зелена\nНегде је се студна вода спило,\nИ говорит убаа девојка:\n„Ај ти тебе змеје горјанине!\nМене ми се студна вода пиет.”\nИ је велит змеа горјанина:\n„А егиди убаа девојка!\nАјде слези долу пот планинче,\nТамо имат два студни кладенци,\nКрај кладенци триста јаничари;\nТие ке те тебе опитает,\nОт кој сој и от која фара си;\nДа не кажвиш от која фара си,\nДан те држат триста јаничари;\nДа се кажиш от голема фара:\n„Татко ми је Марко Кралевике,\nВујко ми је Јанкула Војвода,\nБрате ми је Секула детенце,\nСтопан ми је змеа горјанина.”\nКако лепо што си ја научи,\nСи отиде убаа нееста,\nТамо најде триста јаничари,\nДури неа тие опитае,\nОт кај сој е, и от која фара,\nТие вода нејѕе не дадое.\nИ им каза убаа невеста,\nИм се каза от голема фара:\n„Татко ми је Марко Кралевике,\nВујко ми је Јанкула Војвода,\nСтопан ми је змеа горјанина.”\nЈе зедое две злати маштрапи.\nЈе дадое нејѕе студна вода,\nЈа пуштие назот да си оит,\nЈа пуштие и ја попратиа,\nЗашто беше от голема фара.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D1%85%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 204, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5090", "title": "Зборник на Миладиновци/ 537 песна", "text": "Мори сваке Јоанице!\nСо што сина се фалеше?\nИмам сина работника,\nБрго орат, брго копат;\nВиде рало се зачуди.\nМори сваке Јоанице!\nСо што куќа се фалеше?\nСи имам куќа голема;\nКога дојдоф да видам,\nН' една греда стоеше,\nСо што ми се фалеше!\nИмаш церга волои,\nКога дојдоф да видам,\nЕдно куцо волиште\nС едно криво рожиште!\nИмам коње ергеле,\nКога дојдоф да вида,\nЕдно красто којниште!\nКога дојдоф да вида,\nЕдно красто козиште!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_537_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5089", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да играет сваќата", "text": "Мори сваке Јоанице\nМори на к'лк соканице,\nМори вртокалчинице!\nИмаш калци от к'лчишта,\nА чораби от кожина,\nА кошуља от пуздерки,\nА марама от коприи,\nА џубето от камчина.\nШто је сваќа непечена?\nШто н'си јавна магаренце,\nДа си појдиш в Ќумурица,\nДа набериш суви дрва,\nДа испечиш наша сваќа!\nМори сваке Јоанице!\nШто је сваќа несолена?\nШто н'си јавна магаренце,\nДа си појдиш во Елбасан,\nДа си зеиш малу сољца,\nДа осолиш наша сваќа!\nИ пак ти је малечкаа,\nШто н'си јавна магаренце\nДа си појдиш в Радолица,\nДа си зеиш малу брашно,\nДа напраиш наша сваќа\nНаша сваќа поголема!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B5%D1%82_%D1%81%D0%B2%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 106, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5093", "title": "Зборник на Миладиновци/ 538 песна", "text": "Фатил сокол еберица,\nКе ја носит грцка земја,\nТаа пиштит, тој ја тешит,\nТаа грцки не умеит.\nМори сваке Јоанице!\nСо што керка се фалеше,\nИмам керка работница,\nБрго предит, брго везит.\nКога си ја донесофме,\nКога фурка је казафме,\nНеестица се зачуди.\nКога парта је казафме,\nНеестица се прекрсти:\n„Што се овје црни игли!”\nКога в разбој је кладофме,\nНеестица се зачуди:\n„Што је ова чиу, миу,\nЕдно падни, друго стани!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_538_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5095", "title": "Зборник на Миладиновци/ 539 песна", "text": "Сино езеро скоро градено,\nВо езеро је Ѓуро тргоец,\nЃуро тргоец от Тргоиште.\nБела Бојана платно белеше;\nТога је рече Ѓуро тргоец:\n„Дегиди мори бела Бојана!\nТебе те кажвет баш работница,\nЈас ке ти даам појасмо и пол,\nДа ми напраиш кнока кошула,\nКнока кошуља и бела риза!”\nТога му рече бела Бојана;\n„Де гиди море Ѓуро тргоец,\nТебе те кажвет баш кувенџиа,\nЈас ке ти даам драм и пал стребро,\nДа ми напраиш ковани гердан,\nДа ми напраиш и стребрен прстен,\nШто ке престанит да ми го вратиш!”\n„Егиди мори бела Бојана,\nК'де се чуло и се видело,\nТи да ми даиш драм и пол стребро,\nДа ти напраам ковани гeрдан,\nКовани гердан и стребрен прстен;\nШто ке престанит да ти го врата!”\n„Егиди море Ѓуро тргоец,\nЃуро тргоец, баш кувенџивче!\nКак ке напраам кнока кошуља,\nКнока кошуља и бела риза,\nТака ке напрајш ковани гердан,\nКовани гердан и стребрен прстен,\nЈас дека сум си баш работница,\nНе ке го фрља в сино езеро!”\n„Егиди мори бела Бојано!\nКако го рекоф, така го стекоф.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_539_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 176, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5097", "title": "Коле Неделковски", "text": "Коле Неделковски (роден како Никола Крстев Неделков; 16 декември 1912 – 2 септември 1941) — истакнат македонски поет и револуционер помеѓу двете светски војни.\nРоден е во селото Војница, близу до Велес, на 16 декември 1912 година во сиромашно земјоделско семејство. Гимназија завршил во Велес, но морал да го прекине образованието, поради недостаток на пари. Заминал во Скопје во потрага по работа и го посетувал трговското училиште.\n1 Творештво\n* Молскавици\n* Пеш по светот\n* Писмо од Коле Неделковски до Сергеј Мисирков", "subject": ["Коле Неделковски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5164", "title": "Зборник на Миладиновци/ На строј кога извадват девојката да се прстенуват", "text": "Солнала ѕвезда покрај трпеза;\nНе ми је ѕвезда, мало је моме,\nМало је моме окулу татка,\nОкулу татка, татка си молит:\n„Откупи мене, еј мили татко!”\n„Откупил ми те, еј мила керко,\nКрпа си дала, не си казала,\nПрстен си дала, не си праштала.”\n„Откупи мене еј мила мајко!\nОткупи мене, еј мили брату!\nОткупи мене, еј мила сестро!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%98_%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B2%D0%B0%D1%82_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%82", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5167", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога готват зетот", "text": "Соколе ситен, димитен,\nНе летај горе високо,\nНе шири криља широки,\nНе вaќaj сенка голема;\nПод сенка седат златари,\nЗлатни си седла златеха,\nЗлатени узди лееха,\nДалеку мисљат да одат,\nПо сиротица Драгана,\nДрагана никого немат,\nЕден си браток Никола,\nЕдна си снаа Митана.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%82_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 44, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5170", "title": "Зборник на Миладиновци/ 543 песна", "text": "Преврлила се к'пина,\nПреко висока планина,\nДа во Јанина градина.\nНе била Јанина градина;\nТук била Јанина мајка,\nПосвршила си девојка,\nМилошy зету зборува:\n„Милоше, зете Милоше!\nМногу сватови да каниш,\nМногу сум дара зготвила,\nНа секи сват по коња,\nА на нункото два коња,\nНа старосват м'ска ковена.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_543_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5166", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да вијат венецот", "text": "Вило моме зелен венец,\nПол го вило пол година,\nЦел го вило за година,\nСи го кладе на главица,\nСи отиде на водица\nНа водица на бел Дунаф,\nФрли венец во бел Дунаф;\nНа венец му нар'чует:\n„Пливај, пливај, зелен венец,\nДа отпливаш јунакои\nЈунакои рамни дворје,\nАк' излезит јунакои\nЈунакои мили татка,\nДа не ми се в р'ка даиш,\nНи та да се поприкажиш;\nАк' излезит јунакоа\nЈунакоа мила мајко,\nНи да је се поприкажиш,\nНи да је се в р'ка даиш.\nАк' излезит млад неженат,\nНему да се поприкажиш,\nНему да се в р'ка даиш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82_%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%86%D0%BE%D1%82", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5172", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога готват невестата", "text": "Повали се дрво бршленово:\n„Како мене нигде друго немат,\nЛете зиме зелено си стојам;\nРоса росит, не ме наросуват;\nВетер веит, не ме занишуват;\nСлана слани, не ме усланува.\nОткако ме мајка посврши,\nСлана сланит и ке ме усланит,\nВетер веит и ке ме занишат;\nРоса росит и ке ме наросит.“", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5174", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога у зетот плетат венец за невестата", "text": "Вило моме три зелени венци,\nПрви вило от здравега здравца,\nВторо вило от бела пченица,\nTpeќo вило от црноно грозје.\nТова што је от здравега здравца,\nФрлете го јунакови дворје,\nДа се здрави и да се весели;\nТова што ет от бела пченица,\nФрлете гo у нашето село,\nДа изникнит се бела пченица;\nТова што ет от црното грозје,\nФрлете го јунаково лозје,\nДа се родит се црвено вино.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%83_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82_%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%82_%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%86_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5180", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога је давает чевлите", "text": "Не деоеруј, постар девер, малко моме,\nНе валка је, постар девер, чорабите,\nНе мрши је, помал девер, руса коса,\nC нoќ ми ја, помал девер, друшки плели,\nНе предавај се, девојко мори, за ж'лти чевли,\nЗа ж'лти чевли, девојко мори, за шума венец.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%98%D0%B5_%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B5%D1%82_%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 45, "cyrillic": 0.978}
{"id": "5176", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да одат по невестата", "text": "Што је врева во гора зелена?\nАљ је паша, ељ је млат субаша?\nЕљ је вода, ељ је млат војвода?\nНи је паша, ни је млат субаша;\nНи је вода, ни је млат војвода;\nТуку ми се две рала сватои,\nШто ми носат китена невеста,\nКоњ до коња, јунак до јунака;\nПушки ми се, како честа гора,\nА калпаци, како темен облак,\nСабји ми се, како силен оган.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%BF%D0%BE_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5182", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога пуштат побратимите за да земат невестата", "text": "Зеташине туги земјанине!\nК'де ходиш, к'де војска водиш?\nДевојка ми во гори отбегла,\nСе сторила горска јаребица,\nТи си имаш два сиви сокола,\nДа уловиш горска јаребица.\nЈа пушти ги за да ја уловат\nДа уловат горска јаребица,\nЈаребица хубава девојка.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%82_%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5178", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога земает невестата", "text": "„Зеташине, туѓо земјанине,\nШто си дошол бој да се биеме?\nЕљ си дошол, вино да пиеме?\nЕљ си дошол, камен да фрљаме?\nЕљ си дошол скокум да скокаме?”\n„Не сум дошол, бој да се биеме;\nНе сум дошол, вино да пиеме;\nНе сум дошол, камен да фрљаме;\nНе сум дошол скокум да скокаме;\nТук сум дошол з' убава девојка.\nОј девојко не тропоти мошне\nДо прва је твое тропотање.”\nПлела мома мрежа от коприна\nИ ја фрли длабоко езеро,\nУлоила риба шестокрила,\nВ стребрен ваган ја сварила,\nЈа ставила прет чеснаго кума.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%B5%D1%82_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 92, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5184", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога ја качват на коња", "text": "Изникнало је зелено дрво,\nКолку зелено толку јадово,\nСо врф се клањат, с корен проштаат;\n„Прости ме, прости, еј мили татко,\nОти ке одам на туѓа куќа,\nВо туѓа куќа, во туги луѓе.\nТатко не ми је, татко ке речам,\nТатко ке речам, керко не велит;\nМајка не ми је, мајка ке речам,\nМајка ке речам, керко не велит;\nБраќа не ми се, браќа ке речам,\nБраќа ке речам, сестро не велет;\nСестри не ми се, сестро ке речам,\nСестро ке речам,сестро не велит.“", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D1%98%D0%B0_%D0%BA%D0%B0%D1%87%D0%B2%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D1%9A%D0%B0", "word_count": 85, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5194", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да ја носеет у зетот", "text": "Дотекол је м'тен Дунав\nМ'тен Дунав и пороен;\nШто донесол Димна Депа,\nДепа хубава девојка,\nКому да ја поклониме\nПоклон да е на свекрва,\nВ р'це носи златна чаша\nПолна ројно вино,\nКому да ја поклониме,\nОва златна чаша?\nНа поклон да је свекору;\nПоклонете домакину\nНа поклон да му ет.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B5%D1%82_%D1%83_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5196", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да ја донесат дома и ја отскриват кумот", "text": "„Еј девојко, бела и црвена!\nШто си толку бела и црвена?\nДаљ си зима во Солун зимувала?\nЕљ си лете пот шатор летувала?”\n„Еј девојки, мои мили друшки!\nНи сум в лето под шатор седела,\nНи сум в лето пот шатор седела,\nТуку мајка така ме родила.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D1%98%D0%B0_%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B0%D1%82_%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0_%D0%B8_%D1%98%D0%B0_%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%82_%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5192", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да ја извадат от куки надвор", "text": "Роса росит Арбанешка земја,\nМу нароси нункотому коњот,\nМу нароси старосвату коња.\nЦар Костадин добра коња вјаат,\nПот него се земја лелееше,\nНат него се ѕвезди трепетеа.\nСтреќа му је Ѓургица девојка:\n„Поможи бог царе Костадине!”\n„Дај бог добро, Ѓургице девојко!”\nСи ја фати за десната р'ка,\nЈа врли на коња по зад себе,\nЈа однесе во своите дворој.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D1%98%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%BE%D1%82_%D0%BA%D1%83%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D1%80", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5197", "title": "Зборник на Миладиновци/ На зетот", "text": "Cиноќ дојде јунак от тугина,\nДонесол је тугинка девојка,\nПоубоо мајка не родила,\nТој слегует, таа не слегует;\nТој зборует, таа не зборует;\nТој се смеит, таа не се смеит;\nТој вечерат, таа не вечерат:\n„Мори слези, да би ми не слегла,\nМори зборви, да би онемела;\nМори јади, да се не најадиш.\nДали ми те куќа не бендиса?\nДали ми те момче не ареса?\nДали ми те свекор не ареса?", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5206", "title": "Зборник на Миладиновци/ 561 песна", "text": "Потаи сја јасно сл'нце,\nПостој и погледај\nКа се чедо дели\nОт рождена мајќа,\nОт рождени башта,\nОт рождени брата,\nОт рождени сестри;\nТа си отважда\nПри момкова мајќа,\nПри момкови башта,\nПри момкови брата,\nПри момкови сестри,\nПри момкова рода.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_561_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5204", "title": "Зборник на Миладиновци/ 560 песна", "text": "Изникнала комоника\nПот неја је млат неженет,\nЗа вода је тој жеден;\nКој му по п'т поминует,\nСе му нему нар'чует:\n„Како знаит мојот татко,\nТој вода да донесит.”\nИ ете го негов татко,\nВода нему не му носит,\nТој му носит суво грозје,\nСуво грозје леблебии.\nИзникнала комоника,\nПот неја је млат неженет,\nЗа вода је тој жеден:\n„Како знаит мало моме,\nВода тоа да донесит,\nДа отжедит моја жедост,\nДа охладит мое грло.”\nИ ете го мало моме,\nВода моме кај му носит.\nСи се напи, се охлади,\nИ срце си овесели.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_560_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5212", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога девојката излегвит да целиват р’ка", "text": "Солна ѕвезда по чесна тр'пеза;\nСолна ѕвезда, та не било ѕвезда,\nТуку било оно мало моме;\nОно ми је бело променато.\n„Свекрвице, стребрена иглице!\nА камо ти перо позлакено?\nА камо ти фастан от кроаџе;\nА камо ти џубе шарабиа!\nЈат'рвице, стребрена јабице!\nА камо ти кусо антерифче?\nСвекрвице, стребрена иглице!\nДали ми те снаха бендисала?\nДали ми те бохча аресала?”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B2%D0%B8%D1%82_%D0%B4%D0%B0_%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%82_%D1%80%E2%80%99%D0%BA%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5214", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога да одат по невеста", "text": "Сви сватови на коња вјахнаа,\nМладожења на коња не вјаа,\nДур' да земе от татка проштање,\nИ от мајка, и от сета рода.\nЈунаку се срце разиграло,\nКато риба во длабоко море,\nКако вино во стребрена чаша,\nКако овен во стадо големо,\nОт' ке иде по млада невеста.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B4%D0%B0_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%BF%D0%BE_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5216", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога носат невестата у зетот", "text": "К'де иде галена малена,\nГалена малена со есен молена,\nСо есен молена и со пролет?\nДури сме си моме изм'миле,\nДури сме си моме измолиле,\nДури сме си моме посвршиле,\nПа излези јунакова мајка,\nТа да видиш што ти добро дошло;\nТа ти дошла снаха за отмена,\nИ за сина за бела промена.\nСлези момо от добраго коња.\nНи слегнуе Мара, ни зборуе,\nТуку ми се често поклонуе,\nЧесто, често коњу до гривата,\nА деверу дури до рамена;\nТаксај свекре големото лозје,\nБелки Мара от коња ке слезит.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%83_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5218", "title": "Зборник на Миладиновци/ 567 песна", "text": "Коња водам на студена вода;\nКоњ ме воде а горе, а доле,\nМе отведе у момини дворје,\nКоњ ми висна, сиви сокол писна.\nНе излезе убава девојка,\nТа излезе момината мајка;\nНа керка је тихко говореше:\n„Па излези, керка, не излегла,\nТа да видиш што ни добро дошло,\nДобро дошло у наши дворови.\nДа сум стара, би го посинила,\nДа сум стредна, би го заљубила,\nДа сум мома, би си го узела.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_567_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5222", "title": "Зборник на Миладиновци/ 569 песна", "text": "Моето ми мило сванош ми седело,\nКонци ми сукало, бисер ми низало,\nБисер ми низало коњу на гривата.\n„Немој, коњу, немој, не нишај си глава,\nНе те имам, коњу, ја за продавање,\nТук' те имам, коњу, сват ке ми те пуштам,\nВо Семендра града, во новото село,\nВо новото село у попа Јована;\nПопот имат, коњу, до три малки моми,\nДа ми ја зеиш, коњу, таја најмалата,\nТаја најмалата, та гонџе-ѓула,\nТаја црнооко, таја чатма-вежда.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_569_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5220", "title": "Зборник на Миладиновци/ 568 песна", "text": "Имат мама Кана керка,\nЈа пратила на бел Дунав,\nНа бел Дунав на водица;\nЈа чекала до пладнина,\nНемат Кана, немат вода.\nКога утре изутрина\nДробни ѕвезди разказаха,\nМесечина рок зададе,\nЕте Кана к'де идет\nГола, боса, гологлава;\nНемат чевли на ноѕете,\nНемат крпа на главата,\nС'де вода опрскана.\nМајка је ја праштуаше:\n„Варај Кано, мила керко!\nШто си боса, гологлава?\nШто си вода опрскана?”\nКана ли је гoвореше:\n„Варај мајко, мила мајко!\nИ ти ли си неверница?\nТа излезе мрена риба,\nМрена риба покрај море,\nСо крилото ме попрсна,\nСо окото ми потмигна.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_568_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5224", "title": "Зборник на Миладиновци/ 570 песна", "text": "„Аргафане фане, мили побратиме,\nКак ми се посвршило, токму три години;\nПрстен ми си дало, на прст ми зарастил,\nВенец ми си цало, на чело ми растит;\n„Постој, моме, постој, постој почекај ме\nПостој, моме, постој, дур да доит пролет,\nДа соберам, моме, берикетот, мило,\nДа наполнам, моме, големи амбари;\nДур да доит, моме, хесен ке те земам,\nКе соберам, моме, многу грозје, мило,\nКе исполнам, моме, големи секои,\nКе послужам, моме, сватој и сватици.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_570_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5229", "title": "Зборник на Миладиновци/ 573 песна", "text": "„Болен си лежам, јас ке си умрам\nОт тршка болест, от силна треска,\nОт силна треска, от силна глава.”\n„Не бој се, сину, от таква болес,\nОт таква болес, от таква треска.\nШто не ми каза, сину, три дни понапрет,\nДа ти напишам, три хамајлии,\nПрва за глава, втора за треска,\nВтора за треска, треќа за срце.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_573_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5227", "title": "Зборник на Миладиновци/ 572 песна", "text": "Плетит мома мрежа копринена,\nЈа доплете мрежа копринена,\nЈа повлечи по бела Дунава,\nМи излоа риба златокрила,\nЈа изгуши со фршконо ноже,\nЈа испече на стребрена скара,\nМи ја кл.аде во ж'лтион салтар,\nЈа изваде прет чеснаго кума;\nКум ја изваде, прет чеснана кума,\nКума ја изваде прет чеснего зета,\nЗет ја изваде прет чесна невеста.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_572_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5231", "title": "Зборник на Миладиновци/ 574 песна", "text": "Завеале Самовилски ветрој,\nПо ветрои се отвориха капиј,\nВо азбафча бунар вода студена,\nДо бунар је ситна трева зелена,\nНа трева је ибришимско сеџаде,\nНа сеџаде море кадифе јастакче,\nНа јастакче седит моме свршено.\nПрет неа је зелен гергеф јалдазлив,\nНа гергеф је алем туљбен махрама,\nНа махрама от биљура иглица,\nВо иглица до два ката клабодан.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_574_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5225", "title": "Зборник на Миладиновци/ 571 песна", "text": "Ранила мома биљбиља\nДо дванаесет години,\nутро и вечер со шекер,\nА на пладнина со с'лѕи;\nБиљбиља ми се посврши,\nБиљбиљу не му казала,\nБиљбиљот ми се наљутил,\nМи је побегнал далеку,\nНа сухо дрво черешна,\nМошне ми лепо попеал:\n„Невесто, лепа невесто!\nЗемај ме мене со тебе,\nЈас да те рано скоривам;\nСтани ми, стани, невесто,\nСвекрва вода донесла,\nЈатрви ручек зготвиле,\nЗолви ти дворје пометле,\nСвекор ти кафтан ти скроил,\nДевери ти гo сошиле.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_571_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5237", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога невестата се клањат на кумот", "text": "Излегла је невестата\nОт утрина во недеља\nДа си мете рамни дворје,\nДворје мете солѕи роне.\nИзметила исчистила,\nТа застана спроти слонце,\nСпроти слонце от протива,\nСо слонцето си зборува:\n„Еј ти слонце, лепо слонце!\nТи си греиш на високо,\nТи си гледаш на далеку,\nНа далеку на широко,\nНели виде мојата мајка\nМојата мајка, мојот тејко,\nИ моите до два брата\nДо два брата, два близнака\nИ моите до две снахи,\nДо две снахи и две сестри?”\nСлонцето и проговара:\n„Еј невесто црнооко!\nВчера от там поминах,\nТвојата мајка колак месе,\nТвојте брата коња седлат,\nТвојте снахи вино томчат,\nТвојте сестри венци виат,\nКе си ходат за невеста.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%81%D0%B5_%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%9A%D0%B0%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82", "word_count": 109, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5234", "title": "Зборник на Миладиновци/ Вечерта на големиот армас", "text": "„Пошто ке се речиме мие свату!\nНи је настанал мојот милни син,\nЗасака твојата милна штерка,\nМилна штерка кадин Ангелина.”\nТогај му веле Јано баздриѓано;\n„Што је вреден твојот милни син,\nДа засака мојата милна штерка!\nАко је вреден јунери да чине,\nВода да донесе от Вишна планина,\nВо града Солуна на Једи-кули,\nТам да праве чешма шадарван,\nШадарван сос четириесет чепа,\nДа распушти води студени,\nВоди студени низ града Солуна.”\nСтана от там тејко му се врна\nИ дојде на синот му каза,\nВели нему слушај, сине,\nАко си вреден вода да свалиш\nВода да свалиш от Вишна планина,\nВо град Солуна на Једи-кули;\nТам да направиш чешма шадарван,\nШадарван сос четириесет чепа,\nДа распуштиш студени води\nСтудени води низ града Солуна,\nТака да земеш кадин Ангелина.”\nКак си дочу нејниот милни син,\nТељал си викна низ града Солуна,\nТељал викна мајсторе брка,\nНели си најде мајсторе дјулгере,\nТа ги закара, ги носи\nГи носи на Вишна планина,\nТа фатиха планина да цепат.\nЛели искараха вода студена,\nПа ја искараха на Једи-кули;\nТа направи чешма шадарван,\nШадарван сос четириесет чепа,\nТа распушти води студени\nВоди студени низ града Солуна.\nТа што си зеде бела биљура,\nТа наполни вода студена,\nСкина китка зелен кипарис,\nТа ја носи на Ѓано баздриѓано,\nР'ка му баци, вода му даде,\nИ му закачи китка кипариз,\nПа се разшени Ѓано баздриѓано,\nИ викна се привикна Ѓано:\n„Алал да ти је мојата милна штерка!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%92%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B0%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%81", "word_count": 242, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5235", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога зетот се облеквит", "text": "Насилили се Турци јаничари\nОни се шетат јаничарство пишат\nК'де двајца, едниот го пишат,\nК'де је еден, само него го пишат.\nК'де се троица, двајцата ги пишат,\nЕдинот остават, к'шта да си гледат.\nИмала мајка сина петемиа,\nСина петемиа едно кајметлиа,\nЈе повркала младо го женила,\nИ во недеља невеста му зела;\nИ во понеделник јаничари дошле,\nНа војска писале това лудо младо,\nДваш је кинисало, триш је поврнало,\nНа млада невеста она нар'чало:\n„Младо, да ме чекаш до девет години,\nДо девет години, до десет пролети,\nАко ја не дојдам до десет пролети,\nЈунак да си бараш, јунак спроти мене,\nЈунак спроти мене, јунак зараде мене.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82_%D1%81%D0%B5_%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D1%82", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5242", "title": "Зборник на Миладиновци/ Кога зетот ручат у невестата", "text": "Сон го краде, лудо младо,\nСон му краде црни очи,\nА не може да заспие!\nДонесејте шарен бардак\nШарен бардак, студна вода.\nДонесоха шарен бардак,\nШарен бардак, студна вода,\nНема лудо да заспие!\nДонесејте лоза с грозје!\nДонесоха лоза с грозје,\nНема лудо да заспие.\nДонесејте благи јаболка!\nДонесоха благи јаболка,\nНема лудо да заспие.\nДонесејте шарен јорган!\nДонесоха шарен јорган,\nНемо лудо да заспие!\nДонесејте мала мома!\nДонесоха мала мома,\nТога лудо је заспало.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9A%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B7%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82_%D1%80%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%82_%D1%83_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5243", "title": "Зборник на Миладиновци/ На Лазаров ден", "text": "„Качунчице цветнице, о Лазаре\nАљ је виде Лазара?”\n„И ја видоф, не видоф,\nНа бел Дунаф седеше,\nВити венци виеше,\n'Сем Лазарки даваше,\nКале Мале немаше.\nСедна Каља да плачит;\nЛазара је тешеше:\n„М'лчи, Каљо, не плачи,\nПак в година ке дојдам,\n'Сем Лазарки по венец,\nТебе, Каљо, два венца.”\nКога дојде година,\nКаља најде м'жена;\nНа буниште седеше,\nВенчаница кинеше,\nМ'жу гашти крпеше,\nМ'шко дете лељаше.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2_%D0%B4%D0%B5%D0%BD", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5245", "title": "Зборник на Миладиновци/ На мало дете", "text": "Малечкоо убоо, о Лазаре!\nНа диван ми седеше,\nСо јаболко играше;\nМајка ле му викаше:\n„Малечкоо убоо!\nДоста седе на диван,\nДоста играш с јаболко,\nДан' те царот догледат,\nДан' ти царство поклонит!”\nУште речта не рече,\nМи го царот догледа\nИ му царство поклони.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5", "word_count": 45, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5248", "title": "Зборник на Миладиновци/ На неженат", "text": "„Ај јуначе Смиљаниче, Лазаре\nСмиљ ти киска подгорела,\nНат очите, нат вежите;\nАљ се мислиш да се жениш?”\n,,Сум смислило, сум свршило,\nТуку ми је на далеку,\nПреку река Венетика;\nМи ја кажвет грдомазна,\nГрдомазна неубаа.\nТук се чудам и се умам,\nКак да појдам да ја видам.\nНе сум врапче да прелетам,\nНе сум риба да препливам.\nДа дочекаш и в година\nИ в година и за многу!\nНемој многу не врти не,\nМие многу не сакаме\nПет хиљади и пет аспри,\nПет хиљади да се твои,\nПетте аспри да се наши;\nДа дочекаш и в година\nИ в година и за многу.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5250", "title": "Зборник на Миладиновци/ На невеста", "text": "А неесто добро мило, Лазаре!\nШто ти уста потгорела,\nКако љушпа ореоа?\nШто ти лице потбулело,\nКако платно бамбакерно?\nАли свекор те прашало?\nАљ свекрва те карала?\nАли твои мили стопан?", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0", "word_count": 31, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5252", "title": "Зборник на Миладиновци/ На жена која имат син да си учит", "text": "Имат мајка мили сина, Лазаре\nГо промена го наружи\nТа го пушти Света гора,\nСвета гора манастира,\nДа се учит лудо ѓаче\nЛудо ѓаче манастирче.\nИ се учи с' изнаучи,\nСе сторило лудо ѓаче.\nЛудо ѓаче манастирче,\nКнига пеит, с'лѕи ронит,\nГо догледа игуменот,\nЕгуменот му зборвеше:\n„А егиди лудо ѓаче!\nЗашто ти се нажалило\nКнига пеиш, с'лѕи рониш?\nАли ти се нажалило\nЗа твојата мирна земја?\nАли ти се нажалило\nЗа твоиот мили татко?\nЕљ за брака, ељ за мајка?”\nЛудо-ѓаче с' отгоори:\n„Ајти тебе игумене!\nТа не ми се нажалило\nЗа мојата мирна земја,\nНи за татко, ни за браќа,\nТуку ми се нажалило,\nЗа мојата стара мајка.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%82_%D1%81%D0%B8%D0%BD_%D0%B4%D0%B0_%D1%81%D0%B8_%D1%83%D1%87%D0%B8%D1%82", "word_count": 113, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5254", "title": "Зборник на Миладиновци/ На жена која имат синови", "text": "Три с'нца разиграле\nВо мајкини рамни дворје;\nПомалиот и надиграл,\nИ мајка му велеше:\n„Немој синко, немој мило!\nНе клажај му ти намузлак,\nНа твојот мили братец!\nОти братец је поголем;\nИзан имам от татка ти,\nКој понапрет ке излезит,\nНего прво да го жнеам,\nАк је помал от другите.”\nТој је рече на мајка си:\n„Мори мајка, мила мајка!\nТи се мољам не карај ме,\nНа татка ми не кажви му\nОт појунак јас излегоф!”\nИ мајка им не му каза,\nНе му каза на татка им\nТаја него ѓо измами,\nКо је рече: „Мори жено!\nКој ти стори јунаштина,\nАли помал, аљ поголем?”\nТа му рече: „А стопане!\nМалоото пак малоо,”\nГолемото пак големо.”\n„Кога така, а стопанке,\nАјде да го посвршиме.”\nГо свршие големото,\nГо свршие, го жение.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%82_%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 132, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5258", "title": "Зборник на Миладиновци/ На богат човек", "text": "Пофалил се богатиот\nЈас сум богат и пребогат;\nТук се нашат и пошашвит\nКако риба во глобина,\nКако орел со вишина,\nКако овца с рудо јагне,\nКако лоза с бело грозје.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82_%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA", "word_count": 31, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5264", "title": "Зборник на Миладиновци/ На владика", "text": "Уснал ми је владика\nРистабогу на колена;\nРистос ми го скориваше:\n„Стани, стани, а владику,\nЕто ти се Лазарици\nЛазарици, посестрими,\nШто ке дарчок ке и дарвиш;\nСем Лазарки марамица,\nНа нееста кошулица.\nДа дочекаш и в година\nИ в година и за многу\nСо твојата добра глаа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D0%B0", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5255", "title": "Зборник на Миладиновци/ На жена што неимат чедо и м’ш је је на чужина", "text": "Ручек готвит неестица\nУмилена, ујадвена,\nСо с'нце се разговорвит:\n„Ајти с'нце, јасно с'нце!\nКе те мољам и опитвам,\nТи ми гриеш по с' земја\nПо с' земја, се виљает,\nАљ ми греиш господина?\nАљ ми греиш мила мајка?\nАљ ми греиш мила браќа?\nАљ ми греиш мила снаи.”\nС'нцето је отгоори:\n„А неесто, добро мила!\nМе опитвиш ке ти кажам;\nЈас ти греам господину,\nЈас ти греам мила мајка,\nЈас ти греам мили браќа,\nЈас ти греам мили снаи;\nСе готвеет да ти идет,\nДа ти идет за Велигден.\nГолем пештеш ти готвее,\nОт браќа ти срма колан,\nОт мајка ти ал-шамиа,\nОт снаите шарен колач.\nГосподин ти седеше,\nТи седеше на чаршии,\nТи ценвеше сарај чевли,\nДа ти купит за Велигден;\nЈас ти кажвам да не жаљаш,\nОту сите ке ти дојдет.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B5%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%82_%D1%87%D0%B5%D0%B4%D0%BE_%D0%B8_%D0%BC%E2%80%99%D1%88_%D1%98%D0%B5_%D1%98%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%87%D1%83%D0%B6%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 138, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5265", "title": "Зборник на Миладиновци/ На анама", "text": "Летале ми летале\nДевет реди голаби,\nИ десето пауни;\nПаднали ми, паднале\nКад'нени дворои.\nШто чинеше кад'на?\nКутлум бисер мереше,\nПо голаби фрљаше,\nКад'на им говорит:\n„3обајте ми, зобајте,\nДевет реди голаби,\nИ десето пауни,\nПак в година да дојте!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B0", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5270", "title": "Зборник на Миладиновци/ На неженет Турчин", "text": "Прошетало челебифче, Лазаре,\nНиз даљани, низ брегои,\nВ р'ка држит карадузен,\nДа је видит Ангелина\nАнгелина, посестрима,\nПосестрима, прва љубов.\nИ се пули горе долу,\nДа је видит Ангелина\nК'де везит бела риза\nБела риза абдеслиа,\nЦрно црнит, злато п'лнит,\nДа је носит на пиштоли.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5260", "title": "Зборник на Миладиновци/ На човек што имат деца", "text": "Млат Деспот се возеше\nВо две злати кораби\nСо своите синои.\nОделе, што оделе,\nИ ми нашле девојка;\nПоголем ми велеше:\n„Дај ми изан, татко ле,\nДа излезам понапрет,\nДа прстенвам девојка!”\nТатко му му велеше:\n„Море синко, малечек!\nУште си ми малечек,\nНе ти требит девојка.”\n„Море татко милечек!\nАко сум си малечек,\nИмам стрико поголем,\nНему ке ја прстенвам,\nНему да је донесам.”\nТатко изан му даде;\nСи излезе понапрет;\nЈе прстенва девојка.\nТатко му го профтаса,\nЈе зедеа девојка,\nЈе однесе дур дома,\nБрату си му викаше:\n„Море брату милечек!\nЈас ти пештеш донесоф,\nАљ ке ми го кабулиш,\nАљ не ми го кабулиш?”\n„Имам сина за него.”\nБрат му си го пречека\nГо целива в очите.\nЈе зедое нееста,\nСи викнае свој луѓе,\nСи викнае и попот,\nЈе венчае нееста,\nРадостта је сторие.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%82_%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0", "word_count": 137, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5274", "title": "Зборник на Миладиновци/ 595 песна", "text": "Попаднал ми Каплан паша,\nНиз Цибрина рамно поле,\nИ ми удрил два чадора,\nЕден зелен, други црвен,\nПот црвен ми вечерало\nПод зелен ми нокеало.\nИ поминаф крај портите\nМу ја видоф кад'ната,\nЛепо беше промената\nПромената, наружена,\nЃумиш пафти опасана,\nАлтанчина на челото,\nДробен бисер на грлото.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_595_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5278", "title": "Зборник на Миладиновци/ На оро", "text": "Сае, море Лазаре, позлаштено,\nКраиштата - полеани,\nСтреде ми је, Лазаре, мрамор плоча,\nНа плоча је - висок диван,\nНа диван је, Лазаре, постелица,\nНа постеља - Мадри аго,\nМадри ага - мадро седит,\nВ р'ка држит, Лазаре, чаша кафе.\nМу долета, Лазаре, едно пиле\nЕдно пиле - соколоо,\nСо криља трепна, Лазаре, чут орони.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%BE%D1%80%D0%BE", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5275", "title": "Зборник на Миладиновци/ На Турчин големец", "text": "Седнал ми је довлет ага\nВо одаи во сараи,\nВр'ка држит чаша кафе.\nМи долета лепо пиле\nЛепо пиле соколоо,\nИ му падна на рамена;\nСтрептит пиле со криљата,\nМу нараси чаша кафе,\nМадри-ага говореше:\n„Ајде вие мој сејмени!\nШто стоите што гледајте,\nДонесите лак и стрела,\nУстрељајте ова пиле\nОва пиле соколоо!”\nПиле му се отгоори:\n„Ајти тебе Мадри-ага!\nНе сум дошло за стрељање!\nТук сум дошло глас донесло;\nОт цара сум допуштено,\nИ от цара и от краља;\nЦарот имат мила cинa,\nОба да се сусватите\nСусватите сузеите,\nИ пак да се понашвите,\nКако нива со пчеинца,\nКако овци со јагнина,\nКако цвеке во градина.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD_%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%86", "word_count": 110, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5279", "title": "Зборник на Миладиновци/ 598 песна", "text": "Прошетало, Лазаре, челебифче,\nНиз чаршии - дренополски,\nР'це држит - во џепеи,\nНе ми купвит - ни продаат.\nМи помина - црно грозје,\nИ ми купи - црно грозје,\nИ го зави - во шамиа.\nОде, оде, Лазаре, до полп'ти,\nИ му седна - да го зобат.\nЛепо грозје - прогоори;\n„Не сум грозје - за зобање,\nТук су моме, - за љубење.”\nСи ја фати - за р'чичка,\nНоси, носи - дури дома;\nОт далеку - је викаше:\n„Ајти мајко - мила мајко!\nЈас ти носам - отменица,\nТаткоје бела - променица,\nБрату перче - исчешлано,\nСестре леса - уплетена,\nМене мека - постелица.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_598_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 89, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5272", "title": "Зборник на Миладиновци/ На женет Турчин", "text": "Јасна, јасна месечина!\nЈасна да би постоела,\nДур' да појда, дур' да дојда,\nДа је вида прва љубов\nПрва љубов Ангелина,\nАнгелина посестрима;\nАли ми је вечерана\nВечерана и легната;\nВити порти затворени\nСо две перја паунои.\nВикаф, викаф, дур' осипнаф,\nКљукаф, кљукаф дур се скључиф\nТа се фатиф за два кола\nЗа два кола, за два бора,\nТа си влегоф во градина\nТа си набраф киска цвеке,\nТа си влегоф во земјен керал,\nСи наточиф рујно вино,\nСи наквасиф киска цвеке,\nИ си влегоф в одаа,\nСо попарсках невестица,\nНевестица бела лице.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_%D0%9D%D0%B0_%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%82_%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%87%D0%B8%D0%BD", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5286", "title": "Зборник на Миладиновци/ 601 песна", "text": "Лудо идет от гората,\nМладо идет от гората,\nВ р'це носе до две китка,\nДо две китка теменушки.\nСтретба иде ке го стрете,\nКе го стрете мала мома,\nМалка мома бела Неда.\nТа му веле и говоре:\n„Дај ми лудо, дај ми младо,\nТаја китка теменушка!”\nЛудо веле и говоре:\n„Мори моме, малко моме!\nКитка давам, мома земам.”\n„Море лудо, лудо младо!\nКитката је до пладнина,\nА момата до жив живот.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_601_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 72, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5287", "title": "Зборник на Миладиновци/ 602 песна", "text": "Дошло лудо коња да напиват\nДа напиват на новите чешми,\nТамо најде мома, мала мома,\nДека спиет пот белата лоза.\nЧуде, уме това лудо младо,\nКак да чине лудо, што да чине\nДа разбуде това мала мома;\nУрва листа от белата лоза,\nНатопи го во студена вода,\nПопрска ја по белата лице.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_602_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5291", "title": "Зборник на Миладиновци/ 604 песна", "text": "Лудо младо вино пие,\nВино пие, јагне јаде;\nКалпак држе на колено,\nЕм се дига на големо.\nМома стое спроти него,\nУште му се шега бие,\nШега бие в очи смее:\n„Море лудо, лудо младо!\nКадар беше да ме л'жиш,\nНе би кадар да ме земиш.\nА јас да беф како тебе,\nГрадина беф заградила,\nТебе прилес беф те клала.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_604_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 61, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5289", "title": "Зборник на Миладиновци/ 603 песна", "text": "Вјахнал јунак брза коња,\nТа отишол честа гора,\nЧеста гора Богданова,\nТри дни ходил, три дни ловал,\nНишто лова не изловал,\nИзловал је малка мома,\nПроменена, наредена,\nКако китка накитана,\nКако перо наросено.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_603_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5298", "title": "Зборник на Миладиновци/ 607 песна", "text": "Позаспал ми цар Костадин\nНа сонето му је дошло,\nМу је дошло малко пиле\nМалко миле биљбиљче\nДа му веле, ем говоре:\n„Стани, стани цар Костадин,\nТеб те викат мајсторето,\nДа направиш мал манастир\nМала црква свети Георгија!", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_607_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 38, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5295", "title": "Зборник на Миладиновци/ 606 песна", "text": "Малко дете вода лие\nСо две малки бардачина;\nРиба мренка го задира.\nДете веле ем говоре:\n„Немој, мренка, ме задирај,\nДа не кажам на мајка ми,\nНа мајка ми на башта ми,\nДа не сплетат тенка мрежа,\nДан' т' изловат, дан' те фатат,\nДан' те варат сладка чорба!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_606_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5304", "title": "Зборник на Миладиновци/ 610 песна", "text": "М'лчи ми, м'лчи девојко!\nНемој расипи црните очи,\nНемој си груби белото лице!\nЈас ке си појдам на град Солунски,\nКе ти донесам до два робини;\nЕдната тебе слуга да чине,\nДругата чубук мене да пале.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_610_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 38, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5306", "title": "Зборник на Миладиновци/ 611 песна", "text": "Бележил јунак, бележил\nМалката мома в селото,\nРудото јагне в стадото,\nЈаворот дрво в горето,\nСамура калпак в град Солун.\nДур да се лудо поврне,\nМладата мома му зеле,\nРудото јагне заклале,\nЈаворот дрво отсекле,\nСамурта калпак продале.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_611_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 38, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5294", "title": "Зборник на Миладиновци/ 605 песна", "text": "Јуничице, ти стара кметице!\nИмаш сина, што зап не го чиниш,\nТук' го пушташ сина по сокаци\nПо сокаци, на новите чешми,\nНа чешмите мома задирае,\nНа невестите стомни крши,\nСтари баби на пат пресопка.”\n„Еј сељани, сељани, кметове!\nСами моми, сами врага бркат,\nДворје им се п'тишта чиниле,\nKoњи ce от пајвани пуштиле.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_605_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 55, "cyrillic": 0.982}
{"id": "5300", "title": "Зборник на Миладиновци/ 608 песна", "text": "С невеста си Марко говоре;\nНевестата кад'н Ангелина:\n„Слушај, слушај, мори, што ке речам,\nЗапрегни се, мори, засукај се,\nДа испечиш до две морски риби,\nДа наточиш крондил благо вино,\nДа донесиш на ладна механа;\nКој ке виде, севдем, да завиде,\nКој ке чуе, севдем, да се чуде.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_608_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5308", "title": "Зборник на Миладиновци/ 612 песна", "text": "Лудо ходе сос дружина,\nНа дружина говореше:\n„Еј дружина, мили брате!\nСакам нешто да те пита,\nПраво сакам да ми кажиш.\nДење гледам малка мома,\nДење гледам, в ноке всонвам,\nНоке м' иде близо, близо,\nБлизо, близо дур до мене,\nИ ми легнува на р'ката,\nНа р'ката, на р'кавот;\nА от сонот кад' да станам,\nБарам мома, мома немат!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_612_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5312", "title": "Зборник на Миладиновци/ 614 песна", "text": "Руса мома, Русин брала,\nРусин брала, ден гинала,\nДек' го брала загинала.\nГо набрала три товара,\nТоварила товарето,\nПопаднала темна м'гла,\nЗаросила ситна роса,\nТа збркала п'тиштата,\nП'тиштата, друмиштата.\nНалетила на овчари,\nОна веле ем говоре:\n„Ти се мољам, ти се клањам,\nДа ме носиш дур' дoмака,\nКе ти дадам тенка риза,\nМајка ленена кошуља\nБаче мои тенка пушка.”\nДа отишол до домака,\nНа мајка је си викаше:\n„Искарај ми отламници,\nДа го главам овчарчето.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_614_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5316", "title": "Зборник на Миладиновци/ 616 песна", "text": "Уме, чуде лудо лудо младо,\nКак да виде малка мома.\nДа си појде во град Солуна,\nТа си купит праматиа\nTa cи појде во селото\nСи кондиса стред селото\nСтред селото крај чешмата,\nДа продаве праматиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_616_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 36, "cyrillic": 0.972}
{"id": "5302", "title": "Зборник на Миладиновци/ 609 песна", "text": "Иване, Иване, челебиа!\nИмаш Иван дворје Стамболови,\nНа дворите скали от карагрош,\nПармаѕите, Иван, от флорина,\nВратиците, - позлатени,\nНа дворите, - две чешми,\nНа чешмите - до две порти,\nНа портите - до два крста,\nНа крстата - до два пилци,\nКад' се смее - злато лее,\nКад' зборуве - бисер пљуве.\nКад' си дочул - царот, ем везирот,\nДа ги пуштил - два каваза,\nДа им веле - ем говори:\n„Донесејте - богат Иван,\nДа го видам - што човек је!”\nДонесоха - богат Иван,\nДа го виде - царот ем везирот;\nДа му веле - ем говоре,\nДа си даде - негова штерка.Кој ке чуе, севдем, да се чуде.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_609_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5322", "title": "Зборник на Миладиновци/ 619 песна", "text": "Запеал паун, запеал,\nТамо долу в чаирето\nВ чаирето, в ливадето,\nСлушајте малко големо\nЧуете Турци, каури\nКа' пее паунот на дрво\nКа' горе јунак за мома,\nКако два стрка борина,\nКато босиљок за сенка,\nКато карафил за роса,", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_619_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5320", "title": "Зборник на Миладиновци/ 618 песна", "text": "„Ангелино што си толку\nКахарлиа, натегеа,\nДворје метиш с'лѕи рониш?”\n„Варај дружки, мили дружки!\nКад' да не с'м натегеа?\nСношти дошол Радич јунак,\nСношти дошол, сношти пошол\nОт војската Анадолска\nАнадолска Казалбашка.\nУште в порти ни је влезел,\nУште чизми не си собул,\nУште чубук не запалил,\nДолета ми малко пиле,\nМалко пиле се бела книга,\nДа му веле, ем говоре:\n„Што чине, да чине Радич.\nСкоро тамо да си појде\nНа војската Анадолска,\nАнадолска, Казалбашка,\nБатисаа корабјето,\nЧисти свити, ем камухи.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_618_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5317", "title": "Зборник на Миладиновци/ 617 песна", "text": "„Девојко, душо Сардеа\nЗашто ми си насрдена?\nСимит ми ти је лицето?\nЧереши ти се очите?\nШекер ми ти је устата?\nШто не ми мене зборуваш?\nШто не ме с очи погледнаш?”\nА она веле, говоре:\n„Еј море лудо, да младо!\nСношти с'м било за вода\nС моите верни другачки;\nМајка ти стоеше на порта,\nМене ме резил чинила,\nПред моите верни друшки.\nДевојко, душо Сардеа.\nСтига ми л'жа детето,\nДо сега ке го армасах,\nДо сега ке го уженеф,\nЕм невестата донесеф,\nОт тебе, момо, похарна,\nИ от тебе похубава.”\nОн је веле, ем говоре:\n„Девојко, душо Сардеа!\nНемој ти слушај мајка ми,\nМајка ми стара не знаит,\nМајка ми к'шта не гледат,\nМајка ми димен не држе;\nСос мене к'шта ке гледаш\nСос мене димен ке држиш.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_617_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 133, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5325", "title": "Зборник на Миладиновци/ 621 песна", "text": "Дење ми те гледам, ноке ми те сонвам,\nДење ми ходиш близо до менека\nНоке ми легнуваш на десната р'ка\nНа десната р'ка, на правата стр'на.\nСе разбудил лудо, р'ка устрпнала\nР'ка устрпнала, мома избегала;\nИ на перничката веле, ем говоре:\n,,Перничко душманко, како ми момата?\"\n„Чужда беше, лудо, дома си отиде,\nПри нејзина мајка, при нејниот татко.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_621_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5332", "title": "Зборник на Миладиновци/ 624 песна", "text": "Моме стои крај бел Дунав\nИ сос Дунав си зборуве:\n„Еј ти Дунав, ти бел Дунав,\nКак сум тенка, ем висока\nУште да беф црнојока,\nБеф го зела царевото\nХазнатарче, праматарче;\nОн на вечер книга гледе,\nНа пладнина хазна брое,\nНа киндиа на лов оде,\nНа вечера от лов иде.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_624_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 50, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5328", "title": "Зборник на Миладиновци/ 622 песна", "text": "Вјахнал јунак брза коња\nДа отишол честа гора,\nЛов да лове диви пилци,\nДиви пилци, јеребици.\nНе изловил диви пилци,\nТук изловил малка мома\nПроменена наредена\nКако китка накитена,\nКато перо насузено.\nДа га фати за р'ката\nЗа р'ката за калбата,\nТа га метна на коњата,\nТа га носи у свој доми.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_622_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5334", "title": "Зборник на Миладиновци/ 625 песна", "text": "Мори моме, малко моме!\nНели легна, нели заспа,\nНели сони сон за мене,\nКато јазе два за тебе?\nТи се чини јеребица,\nАз се чиних сокол пиле,\nДа летнахме, прелетнахме,\nС крило с крило, с перо с перо,\nС перо с перо, с рамо с рамо;\nТа паднахме тува долу\nВ Полинските садиштата,\nТи си падна на маслинка\nАс си паднах на калинка.\nДогледа не п'дарчето,\nП'дарчето коњарчето,\nДа намери тенка пушка;\nМене удри в рудо грло,\nТебе удри в десно крило.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_625_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 84, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5338", "title": "Зборник на Миладиновци/ 627 песна", "text": "До три сестри лозје садат,\nПостарата изговори:\n„Варај сестро, ти помала!\nКому лозје си садиме,\nНие брате си немаме!”\nПомладата говореше:\n„Варај сестро, ти постара!\nАко брата си немаме,\nМајка ни је уште млада,\nБелки ке ни брата стигнит,\nНему лозје си садиме.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_627_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5341", "title": "Зборник на Миладиновци/ 629 песна", "text": "Имат мајка мила сина\nМила сина Костадина,\nПромени го, накити го,\nОпаши го свилен појас,\nЗакачи му стребрен дивит,\nДа прати го на манастир,\nДа ти учит бела книга,\nДа ти пишит црно писмо.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_629_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 34, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5336", "title": "Зборник на Миладиновци/ 626 песна", "text": "Сон сонила Јанкулица\nНа утрина во недеља,\nИзникнала јаболшница\nСтреде дворје песочина,\nСтребрен корен, злати гранки,\nЗаврзала пет јаболка\nПет јаболка пазлакени.\nГовореше Јанкулица:\n„А Јанкула господине!\nДа сум сон ја сонила\nВо недеља на утрина,\nИзникнала јаболшница\nСтреде дворје песочина,\nСтребрен корен, злати гранки,\nЗаврзала пет јаболка\nПет јаболка позлакени.”\n„Јанкула је говореше:\n„Јанкулице, бре невесто!\nТоа ли ти не текнует?\nЈаболшницата сама ти си,\nА јаболка наши деца.”Сон сонила Јанкулица\nНа утрина во недеља,\nИзникнала јаболшница\nСтреде дворје песочина,\nСтребрен корен, злати гранки,\nЗаврзала пет јаболка\nПет јаболка пазлакени.\nГовореше Јанкулица:\n„А Јанкула господине!\nДа сум сон ја сонила\nВо недеља на утрина,\nИзникнала јаболшница\nСтреде дворје песочина,\nСтребрен корен, злати гранки,\nЗаврзала пет јаболка\nПет јаболка позлакени.”\n„Јанкула је говореше:\n„Јанкулице, бре невесто!\nТоа ли ти не текнует?\nЈаболшницата сама ти си,\nА јаболка наши деца.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_626_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 140, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5340", "title": "Зборник на Миладиновци/ 628 песна", "text": "Елевор си коња коит,\nНевеста му узда држит,\nУзда држит свеќа светит\nПод калинки, под малинки,\nПод црвени трандафили;\nЛудо младо вода водит,\nВода му се не водеше,\nНешто му ја препинаше,\nМорска риба златокрила;\nНе ми била морска риба,\nТуку било лепо моме.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_628_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 44, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5346", "title": "Зборник на Миладиновци/ 631 песна", "text": "Црква метит мало моме\nСо два страка босиљкои,\nЕм си метит, бога молит:\n„Дај ми, боже, попа свекра,\nИ свекрва попадиа\nИ да зеам ѓаче момче!”\nКако бога помолила,\nТака госпот је помогол,\nНејѕе даде попа свекра,\nА свекрва попадиа\nИ си зеде ѓаче момче.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_631_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 45, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5350", "title": "Зборник на Миладиновци/ 633 песна", "text": "Она страна оган горит,\nВетер веит не го силит,\nРоса росит не го гасит.\nНа ми било силен оган,\nТоку била божја мајка;\nСина носит на крштење,\nДа го крстит свети Јован.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_633_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5348", "title": "Зборник на Миладиновци/ 632 песна", "text": "Седнал ми је стари Јанко,\nНа високите чардаци,\nНа високите дивани,\nВо шарените одаи,\nНа шарените шилтина,\nНа копринени перници.\nДо него је Јанкоица,\nОколу него синои му,\nСинои му слуга служат,\nА снаи му ручек готват,\nДа се радвет и весељат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_632_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5354", "title": "Зборник на Миладиновци/ 635 песна", "text": "Има мајка мила сина,\nМила сина Костадина,\nПромени го, накити го\nВо свилено, копринено,\nОпаши му свилен појас,\nЗакачи му стребрен дивит,\nДај му в р'це бела книга,\nПа пушти го на манастир,\nДа се учит бела книга\nБела книга, црно писмо.\nСи го чекат три години,\nТој научи в три месеци\nИ си дојде дури дома.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_635_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5356", "title": "Зборник на Миладиновци/ 636 песна", "text": "Смиљанине лудо дете!\nСмиљ ти појас половина,\nСен ти, лудо, убавина,\nШто ти лице овенало?\nШто ти уста потгорела?\nИљ дека си неженато?\nТи си имаш мили татко,\nТебе младо нека женит,\nМома имат у комшии .", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_636_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5364", "title": "Зборник на Миладиновци/ 640 песна", "text": "Момче се нишат, Ѓургe ле,\nМома го гледат от високи чардак,\nВикум викаше малото моме:\n„Краткум нишај се, младото момче,\nДрво трливо, јаже јажливо,\nЈаже јажливо, место камливо.\nДан' с' отепаше момче со мома.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_640_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 34, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5362", "title": "Зборник на Миладиновци/ 639 песна", "text": "Излетнале два гулаба от д'ба,\nНе ми биле два гулаба от д'ба,\nТуку биле два стројника по мома:\nУште ли је тоа моме при мајка,\nШто го питаф лани есен за брата?\nКе го питам овој есен за мене.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_639_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 41, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5366", "title": "Зборник на Миладиновци/ 641 песна", "text": "Продаат се црно грозје\nВо чаршии Дринополски,\nВо кошеи ракидини;\nНемат некој да го купит.\nНаело се лудо младо\nСи купило црно грозје,\nНа п'т седна да го зобат,\nНе ми било црно грозје,\nТуку било бело моме.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_641_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5359", "title": "Зборник на Миладиновци/ 638 песна", "text": "Пофалил се богат Иво:\n„Јас сум богат и пребогат\nИ от цара и везира,\nСтреде дворје лепа куќа,\nДиреѕите позлакени,\nДо две м'ски обружани “\nОт збор на збор цару пошло,\nПушти царот три абери,\nМи го зеде богат Иво.\nЦарот велит и говорит:\n„Што си било, и весело?\nТи си богат и пребогат\nИ от цара и везира.”\nПа говорит богат Иво:\n„Не сум богат со стоката,\nТук сум богат со куќата,\nТова што је лепа куќа,\nТова ми је домакинка;\nДиреѕите позлакени,\nТие ми сет синовите;\nА м'ските обружени,\nТија ми сет мили керки.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_638_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5371", "title": "Зборник на Миладиновци/ 644 песна", "text": "„Што коња коиш, ерген Димитрија, к'де ке одиш?”\n„Јас ке си одам - на силна војска”\n„Зашт' не ми каза - три дни понапрет,\nЈас да ти напр'ам - сејменско руво,\nДа ти сошиам - кнока кошуља,\nИ да ти напр'ам - морна долама,\nИ да ти купам - чифне пиштоли,\nЧифне пиштоли - и тонка пушка?”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_644_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5373", "title": "Зборник на Миладиновци/ 645 песна", "text": "С'нце ми зајде Солунско поле,\nВо ливагето зат кофилето,\nТога се згоди левен Никола,\nНа глаа носит самурли калпак,\nА на калпакот педесет перја,\nПедесет перја, пет огледала,\nНа огледала бесценет камен,\nКамен ми светит, как јасно с'нце,\nА огледало, как дробни ѕвезди.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_645_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 45, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5370", "title": "Зборник на Миладиновци/ 643 песна", "text": "К'де се чуло видела,\nСанџак девојка да бидит,\nКалци со копци да носит,\nБели елеци петлици,\nСанџак девојка да бидит\nСо сто ј пендесет санџаци!\nМи ја догледа Санџак-бег,\nСо сто ј пендесет санџаци,\n„Егиди санџак девојко!\nЈа многу села сум шетал,\nКак' тебе не сум видело,\nСанџак девајка да бидит\nСо стој пендесет санџаци,\nКалци со копци да носит,\nБели елеци с петлици!”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_643_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5368", "title": "Зборник на Миладиновци/ 642 песна", "text": "Заплакала ми голема нива,\nГолема нива на врф планина:\n„Оф леле боже, оф мили боже;\nКак не се најде најдобар јунак,\nДа ме изорат, да ме посеит\nБела пчеинца црнокласица!\nДа му наполна девет амбари,\nДа си оженит девет синои.\nДа си ом'жит девет девојки\nДа си покрстит девет мнучина.”\nН збор се најде најдобар јунак,\nМи ја изора, ми ја посеа,\nБела пчекнца црнокласица,\nИ му наполна девет амбари,\nИ си ожена девет cинои,\nИ си ом'жи девет девојки,\nИ си покрсти девет мнучина.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_642_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5382", "title": "Зборник на Миладиновци/ 649 песна", "text": "Пладнина дојде, ручек не дојде;\nПозаспала ми ратеицата\nРатеицата с ратаетого,\nВо шарен одар, пот шарен јорган,\nСо р'чиштето во глаиштето,\nСо ноџиштето во пеплиштето;\nМи ја укаса проклета болва,\nСо нога клоцна чорба истури.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_649_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5389", "title": "Зборник на Миладиновци/ 653 песна", "text": "Де гиди Гидо, гиди убаа!\nТвоето лице в црков написано.\nБог ми го убил силнион ветар,\nШто ти зиљоса на твое лице,\nТа те отвеа стрет бело море;\nИ те догледа Јоан гемиџија,\nИ ми те фати за десна р'ка,\nИ те кладе в шарена гемиа,\nВ шарена гемиа, на мека постеља.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_653_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5385", "title": "Зборник на Миладиновци/ 651 песна", "text": "Благуно, благо јаболко!\nРучај, поручај јаболко,\nДур да ти дојдит јагнето,\nОт Кара-орман крадено,\nНа Кара-камен заклано,\nНа К'пинчица печено,\nС фрушки ножина сечено,\nВо злата тепсја редено,\nПри чесна кума ставено.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_651_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 35, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5383", "title": "Зборник на Миладиновци/ 650 песна", "text": "Турчин девојка врзана носит\nОт ново брдо за бело грло,\nЗа бело грло со бела риза;\nДевојка му се милно молеше:\n„Пупгги ме мене, Турчине море,\nПушти ме мене, фати татка ми;\nОт је татко ми баш арамиа\nБаш арамиа по Шар планина.\nТатко ми крадит руди јаганца,\nТа ми и колит на Кара-камен,\nТа ми и печит на К'пинчица,\nТа си и викат свој побратими,\nТа си и јадит в гора зелена.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_650_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5387", "title": "Зборник на Миладиновци/ 652 песна", "text": "„Високо стоиш, ѕвездо ле, далеку гледаш,\nДа не и виде - мојте два брата?”\nÂВидоф и видоф - крај црно море,\nНа стол седее - книга пишее,\nС'лѕи ронее - сокол ранее,\nСокол ранее - и му велее:\nТа ке те пуштам - на горна земја,\nТи да ми видиш, Ѕвеѕдо ле, која коа је;\nАко ј е пролет - пролет Петровден,\nДа ми донесиш - до три класои,\nБела пченица - шесторедица,\nШесторедица - црнокласица;\nАко је есен - есен Митровден,\nДа ми донесиш - два грозда грозје,\nДва грозда грозје - два синамбеља.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_652_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 83, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5396", "title": "Зборник на Миладиновци/ 656 песна", "text": "Горештина, уморнина\nОт Недина непраина.\nПопа зета заљубила,\nСестра си ја загубила;\nОстанале две дечина,\nДвe дечина сирачина,\nТук се чудет две дечина,\nКако Неда да викает,\nАли мајко, али тетко.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_656_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 31, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5392", "title": "Зборник на Миладиновци/ 654 песна", "text": "От Солун станаф во Корча дојдоф\nВо Корча дојдоф, на камен седнаф;\nТога го најде Иса ананка:\n„Арно те најдоф да те опитам,\nЕли вистина џејнк се сторило\nВо мирна земја во Мориоо?” –\n„Кој ми ти казал, не те измамил,\nВистина тамо џејнк се сторило.\nПрвата пушка, што ми пукнала,\nТогаш ми падна сам Џафер-ага\nСам Џафер-ага твојот стопан;\nВтората пушка што ми пукнала,\nТога ми падна твоето брате;\nТреќата пушка што ми пукнала,\nТога ми падна твоето дете.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_654_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 81, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5397", "title": "Зборник на Миладиновци/ 657 песна", "text": "Бог да убиет твојата мајка!\nШто ми те пушти доцкна на гости,\nДоцкна на гости со невестата;\nС'нце те зајде во ливагето,\nМрак те замрачи долу пот село,\nМи те најдое земски сејмени,\nТе загубие дете Јоанче,\nТи пограбие млада нееста.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_657_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5399", "title": "Зборник на Миладиновци/ 658 песна", "text": "Жнала Мара жолто просо,\nПоминале кираџии.\nЕдно мало кираџивче,\nТоа Маре је велеше:\n„Ајде да се натжниваме,\nАко тебе те натжниам,\nДа ми даиш кован гердан;\nАко мене ме натжниеш,\nКе ди даам брза коња.”\nИ Мара му говореше:\n„Ако тебе ја натжниам,\nНе ти сакам брза коња,\nТуку тебе добар јунак\nДобар јунак да те земам.”\nСи фатиле да жнијеет;\nЖнала, жнала бела Мара,\nЖнала, јунака натжнала,\nИ јунака си го зела.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_658_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 73, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5402", "title": "Зборник на Миладиновци/ 659 песна", "text": "Кој ке по п'т ке поминит,\nВратете го, да го вратиме,\nУжина да му даиме,\nОт желка јајца кавгана,\nОт жаба нога пастарма,\nОт глушео меше сирење,\nОт лешник бочва ракиа.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_659_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5403", "title": "Зборник на Миладиновци/ 660 песна", "text": "„Еј девојко, не толку убаа,\nДа што ми си срце умилила!\nЕли си ми магиа сторила?\nЕли си коња биљосала?\n„Еј јуначе црноок невене!\nДа не сум ти магиа сторила,\nНи пак сум ти коња биљосала;\nМагиа се мојте црни очи,\nБлена биље, мое бело грло.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_660_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5406", "title": "Зборник на Миладиновци/ 661 песна", "text": "Девојко црнокласице,\nЦрно ми срце за тебе,\nКако гајтанот на тебе!\nЕла, девојко, по мене,\nЕла ми на наш виљает,\nТамо је лепо убоо,\nТамо ми греат две с'нца,\nДве с'нца, две месечини,\nДва п'ти жито се роѓат,\nДва п'ти грозје ми здреит,\nДва п'ти овци се јагнат.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_661_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 53, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5407", "title": "Зборник на Миладиновци/ 662 песна", "text": "От поста излегла девојко,\nНа брата си говорит:\n„Брату ле, брате Стојане!\nПодај ми вода студена,\nНајди ми сенка дебела!”\nСтојан је веле говоре:\n„Сестро ле, сестро Елено!\nТук нема вода студена,\nHи има сенка дебела;\nДојди во гора зелена,\nДонеси вода студена;\nДојди во гора зелена,\nТам има сенка дебела.”", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_662_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 51, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5414", "title": "Зборник на Миладиновци/ 665 песна", "text": "Патор патор ноџина, пасла баба козици на два рида високи, на два дола\nшироки; ми напрела две вретена, си и клала на полица, дошло маче лизна, дошло\nкуче гризна; чит пустино, ош штурино, толку сум си напрела; на дедо кошуља, на\nбаба марама.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_665_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5411", "title": "Зборник на Миладиновци/ 664 песна", "text": "Отлетала преперуга, ој љуле, ој!\nОт орача на орача,\nОт копача на копача,\nОт режача на режача;\nДа заросит ситна роса\nСитна роса берикетна\nИ по поле и по море;\nДа се родит с' берикет\nС' берикет винo-жито;\nЧеинците до гредите,\nЈачмените до стреите,\nЛеноите до пojacи,\nУроите до колена;\nДа се ранет сиромаси.\nДрвете не со осито,\nДа је ситна година;\nДрвете не со ошница,\nДа је полна кошница;\nДрвете не со јамаче,\nДа је тучна година.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_664_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5418", "title": "Зборник на Миладиновци/ 667 песна", "text": "Тумба тумба Татара, јавни коња златара, та појди си Вегле; Вегле копје\nкревае, сам бек седеше, Самовила пишфеше со орлоо перце, пауноо крилце, падна\nкрилце в морце, морца мене сољца, ја сољца овце; овца мене јагне, ја јагне волку;\nволк мене кожа, ја кожа крпачу; крпач мене чевли, ја чевли бабе; баба мене колаче,\nја колаче 'рту; 'рт мене зајак, ја зајак Турчину; Турчин мене пара, ја пара попу; поп\nмене молитва: по Чифути клетва, по Еѓупци метла, и по .... рци лопата.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_667_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5420", "title": "Зборник на Миладиновци/ 668 песна", "text": "Думба, думба дивина, јавна коња пауна, си отиде Власја, Власи копје кревае,\nсина си го колеа, царо го подигаа, неољо, мори неољо!Дека да се делиме? Пот\nСабукоа косеница. Сам Сабук седеше, Самовила пееше; Чевер Лаго врлаго, крена\nнога на рамо, погледај по нурец; нурец тебе сољца; сољца ти овце;овца тебе јагне,\nјагне ти воку; волк тебе кожа, кожа ти коачу; коач тебе србичок, србичок ти ченица;\nченица ти воденица, воденица тебе брашно; брашно ти бабе, баба тебе колак; кодак\nти 'рту, 'рт тебе зајак; зајак ти Турчину,Турчин тебе две пара; две пара ти цару, царот\nтебе девојка. (Две пара ти попу, поп тебе молитва.)", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_668_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 107, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5421", "title": "Зборник на Миладиновци/ 669 песна", "text": "Чук, чук лобода, падна тесла от бога, удри баба по нога, та се роди 'ртиче, си\nго зави в крпиче, си го кладе на тланик; м'лчи, синче, не плачи, ојде в пазар татко ти,\nке ти купит два меха, едниот меден, другиот немеден, кој ке м'лчит медениот, кој ке\nплачит немедениот, прет цареа порта ж'лта курешница, у тебе кључеите, у мене\nкатаните, моли замоли до три години.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_669_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5425", "title": "Зборник на Миладиновци/ 671 песна", "text": "Дедо седит на грутка, и си плетит јакучка, зашто ти је јакучка? - ке си берам\nжелат. - зашго ти је желат? - ке си ранам прасенце. - зашто ти је прасенце? - ке ми\nпуштит сало, - зашто ти је салце? - ке си мазнам момите. - зашто ти се момите? - ке\nми метат дворои. - зошто ти се дворои? - ке ми редат столои. - зошто ти се столои?\n- ке ми седат сватои. - зашто ти се сватои? - ке донесат невеста. - затито ти је\nневеста? - ке ми родит дете. - зашто ти је дете? - да ме викат тата, бате, скри се в\nгрненце, ето и Турците, ке ти земат парите.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_671_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5424", "title": "Зборник на Миладиновци/ 670 песна", "text": "Одеф, одеф прау п'тем, кога гледа шума, шума бобо родила; апнаф едно сладко, ушт'\nедно посладко, треко најсладко. Си обориф чанта, чанта тагарџика, берам, берам\nн'тре клаам; „Бре не бери ти бобото!” (викат п'дар); - „Бре, што викаш ти викачу!”\n(отгоори берач) - „бре не бери бобото!” - шума бобо родила, ти бобо си не родил!” -\nја берам, берам, оној туку викат -- ела вамо бре - ето нејдам тамо, - капунун, (велит\nТурчин) - не носам капу, (велит берач) јас с' имам шапку - тутун ус шинди - јас\nтутун не пиам, - делибар бу - јас го недељам, сам в шума г' обраф, сам ке гo јада. –", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_670_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 101, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5410", "title": "Зборник на Миладиновци/ 663 песна", "text": "Зажени сја Стефан харен јунак,\nТа заиска дели Магдалена,\nМагдалена плаче, та го не ште;\n„Не шта, мамо, Стефан харен јунак,\nЧе е Стефан јунак пот јунаци,\nА азе сам мома нат момите.”\nА мајка и тихом отговарја:\n„Калинко ле, дели Магдалено!\nМари земи Стефан харен јунак,\nТа ако е јунак пот јунаци.\nЈа погледни низ равното поле,\nТа да видиш Стефану свадбата.\nКалпаци им като на делие,\nКопето им като на спахие.”\nКа ги видја дели Магдалена,\nТа сја стори премлада умрјала.\nКа ја виде Стефан харен јунак,\nНа деверје тихом отговарја:\n,,Еј девере, еј пере жераве,\nЕј идете на Стара планина,\nИ донесте сњагове, ледове,\nДа ги турим на клетото срдце,\nАко б'де премлада умрјала,\nНе ште трепна ни с р'ка, ни с нога;\nАко ли е сама учинила,\nТја ште трепна, ј а с рака, ја с нога.”\nДонесоха сњаглве, ледове,\nТуриха и на клетото срдце,\nТја не трепна ни с р'ка, ни с нога.\nНа девере тихом отговарја:\n„Еј девере, еј, пере жерави!\nЈа идете во врла грамада,\nДонесете замја осојница,\nДа и турам на клетото срдце,\nАко б'де прјамлада умрјала,\nНе ште трепне ни с р'ка, ни с нога.”\nОтидоха во врла грамада,\nДонесоха замја осојница,\nТуриха и на клетато срдце,\nТја не трепна ни с рака, ни с нога.\nПа прист'пил Стефан харен јунак,\nЦелавал ја между двете очи;\nТа трепнала и с р'ка и с нога,\nСтанала е дели Магдалена,\nТа посрештна Стефану свадбата.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_663_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 248, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5428", "title": "Зборник на Миладиновци/ 672 песна", "text": "Сонце бонче, богоо јајце. - камо тоа јајце? го изеде мома. – камо ја момата? -\nона се скри дома. - камо је дома? - ја изгоре огон. - камо го огон? - го изгасна вода, -\nкамо је вода? - ја испиа. По друга: - да ме викат: тате, бате, скри се в јасли, ето ти се Турци ќуљумарци.\nдве деца. - камо и дечина? - отидоа на нива, да бранат просо. -камо ти просо? - г'\nиск'лваа врапци. - камо и врапци? - се качиа на д'п. - камо го тој д'п? - го пресече\nсекира. - камо је секира? – отиде на коачи. - камо и коачи? - и изсмоља мољци. -\nкамо и мољци? - и иск'лва петелот. - камо го петелот? - го изеде лисица.- камо ја\nлисица? - ја отепа пушка. - камо ја пушка? - појде кае царот.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_672_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5437", "title": "Зборник на Миладиновци/ 677 песна", "text": "Протекол ми м'тен Дунав, занесол ми чаша вино; поклон дојде до кумета;\nкумот ми се љуто к'лнит: „Жими бога не је моја, туку ми је Николоа, пи Никола, пи;\nопет наполни.", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_677_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 33, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5439", "title": "Зборник на Миладиновци/ 678 песна", "text": "Мори чаше бу башо, што се бучишт за мене, ете јунак за тебе.\nТие игри се кладоха с'де за љубопитство, и зашто в них се кријет имина\nстранни. Во Белица, не далеку од Струга, децата пејат со голема брзина и повторвеје\nпесна, во која с'де можехме да различиме едно слово: Богорасум (Борисом?).", "subject": ["Зборник на Миладиновци"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8/_678_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5455", "title": "Атанас Раздолов", "text": "Атанас Раздолов е македонски револуционер роден во 1872 година во Берово, малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од страна на Васил Главинов.\n1 Творештво\n* Баба Ѓурга и проза во стихови. Од современиот македонски дух.\n* Слобода или смрт (1898)\n* Револуционер или предавник\n* Бунтовни песни на револуционерот-емигрант\n1.1 Песни\n* Кон Македонците\n* Песните на востаникот", "subject": ["Атанас Раздолов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81_%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2", "word_count": 114, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5493", "title": "Кузман Шапкарев", "text": "Кузман Атанасов Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 - Софија, 18 март 1909) бил еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.\n1 Творештво\n* Зборник на Шапкарев", "subject": ["Кузман Шапкарев"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%B7%D0%BC%D0%B0%D0%BD_%D0%A8%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2", "word_count": 34, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4012", "title": "Сл. весник / РМ / 1992 / 80 - Закон за семејството", "text": "ПРВ ДЕЛ\n= Општи одредби =\nСо овој закон се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот на семејството, одредени облици, посебна заштита на семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните и семејните спорови.\nСемејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца и со посвојување.\nОдносите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца.\nРепубликата обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа..\nРепубликата создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство. Во остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство, родителите се должни да обезбедат оптимални услови за здрав раст и развој на своето дете во семејството и општеството.\nБракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.\nРодителството настанува со раѓање и посвојување. Оспорување и утврдување на родителството е дозволено под услови и на начин утврден со овој закон.\nРодителите спрема своите деца имаат еднакви права и должности (родителско право). Односите на родителите и децата се засноваат на права и должности на родителите да се грижат за подигање, чување, воспитание и образование на своите деца и да ги развиваат нивните работни способности и навики. Родителското право го вршат родителите заедно во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница. На родителот може да му биде одземено или ограничено вршењето на родителското право под услови предвидени со овој закон.\nПравата и должностите на родителите и на другите роднини спрема децата, како и правата и должностите на децата спрема родителите и другите роднини се еднакви, без оглед дали децата се родени во брак или надвор од бракот.\nРодителското право престанува со полнолетство на детето или на друг начин предвиден со овој закон. Полнолетството се стекнува со наполнување 18 години од животот, кога полнолетното лице се здобива со деловна способност.\nИздржувањето е право и должност на родителите, на децата и на другите роднини утврдени со овој закон, како и на лицата кои живеат во брачна или вонбрачна заедница. Доколку издржувањето не може да се оствари од лицата од став 1 на овој член, на необезбедените членови на семејството, Републиката им обезбедува средства неопходни за издржување, под услови определени со закон.\nРепубликата преку старателство обезбедува заштита на децата без родители, на малолетните деца без родителска грижа и на полнолетните лица под услови и начин утврден со овој закон.\nЗаедница на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.\nРаботите сврзани со посебна заштита и помош на семејството, посвојувањето, како и работите на старателство, утврдени во овој закон, ги врши центар за социјална работа со методите на стручната, советодавната и советовалишната интердисциплинарна тимска работа.\nЗа работите од став 1 на овој член центарот за социјална работа ги применува одредбите од Законот за општата управна постапка.\nПо жалбите изјавени против решенија на центарот за социјална работа решава Министерството за труд и социјална политика. Жалбата изјавена против решението на центарот за социјална работа не го задржува неговото извршување .\nВТОР ДЕЛ\n= Брак =\nI\n1 Склучување на брак\n1.1 Услови за склучување и полноважност на бракот\nБрак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со закон.\nНе може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот. Надлежниот суд може, во вонпроцесна постапка, да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во центарот за социјална работа.\nНе може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане.\nНе можат да склучат брак лица кои поради манифестна форма на душевно заболување со присуство на психотични симптоми или резидуални знаци од болеста не се во состојба да го сфатат значењето на бракот и обврските што произлегуваат од него, а кои се истовремено неспособни за расудување. Не можат да склучат брак и лица кои заостануваат во менталниот (психичкиот) развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка и најтешка ментална заостанатост IQ под 36°.\nЛицата кои се распоредени како лица со умерени пречки во психичкиот развој или со лесни пречки во психичкиот развој, како и лица кои имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, можат да склучат брак по претходно прибавено мислење за генетската конструкција издадено од Заводот за ментално здравје на деца и младинци Скопје или друга соодветна институција која се занимава со вршење на генетски истражувања.\nБракот не е полноважен кога согласноста за склучување на брак е дадена под присила или во заблуда.\nНе можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди. Не можат да склучат брак и лица чие сродство од претходниот став е засновано со посвојување.\nНе можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал. Од оправдани причини надлежниот суд може во вонпроцесна постапка, да дозволи роднините од став 1 на овој член меѓу себе да склучат брак.\nВонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како и брачното.\n1.2 Постапка за склучување на брак\nЛицата кои имаат намера да стапат во брак поднесуваат пријава до органот на управата надлежен за водење на матичните книги на венчаните. Пријавата за склучување на брак може да се даде писмено или усно на записник. Кон пријавата, идните брачни другари, приложуваат извод од матична книга на родените, потврда дека посетиле предбрачно и брачно советувалиште во центарот за социјална работа кога прв пат склучуваат брак и други исправи кога е тоа потребно (решение со кое е дозволено склучување на брак, доказ дека претходниот брак престанал, полномошно и слично.).\nМатичарот ќе провери, врз основа на изјавата на лицата кои сакаат да стапат во брак, а по потреба и на друг начин, дали постои законска пречка за склучување на бракот. Матичарот е должен со решение да го одбие склучувањето на бракот, ако утврди дека според законот не е дозволено неговото склучување. Против решението од став 2 на овој член лицата кои поднеле пријава за склучување на брак може да поднесат жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до органот на управата надлежен за водењето на матичните книги. По жалбата против решението од став 2 на овој член решава лицето кое раководи со органот на управата надлежен за водењето на матичните книги.\nДенот и часот за склучувањето на бракот го определува матичарот во договор со лицата кои сакаат да склучат брак.\nСклучување на брак се врши на свечен начин и во посебна, за тоа определена службена просторија. По барање на лицата кои сакаат да склучат брак, бракот може да се склучи и на некое друго место, ако за тоа постојат оправдани причини.\nБракот се склучува во присуство на лицата кои сакаат да склучат брак, одборникот во собранието на општината што тоа ќе го определи, двајца сведоци и матичарот. Сведок при склучување на брак може да биде секое деловно способно лице.\nВо посебно оправдани случаи, органот надлежен за водење на матичните книги на венчаните може со решение да дозволи бракот да се склучи со присуство само на еден од идните брачни и полномошник на другиот брачен другар.\nПолномошното содржи лични податоци за давателот на полномошното, полномошникот и лицето со кое давателот на полномошното сака да склучи брак.\nПолномошното се издава во форма на јавна исправа.\nСклучувањето на бракот започнува со извештај на матичарот дека се присутни подносителите на пријавата и дека врз основа на исправите, изјавите на идните брачни другари и на сведоците, е утврдено дека не постојат пречки за склучување на бракот.\nАко бракот се склучува преку полномошник се чита полномошното издадено во смисла на член 28 од овој закон. Откако одборникот на собранието на општината ќе утврди дека нема приговор на извештајот на матичарот, ги запознава идните брачни другари со значењето на бракот и правата и обврските што произлегуваат од него. Потоа го прашува поединечно секој од идните брачни другари дали се согласува да склучи брак со идниот брачен другар. Изјавата на идните брачни другари дека се согласни да го склучат бракот, матичарот ќе ја запише во матичната книга на венчаните, во која потоа се потпишуваат идните брачни другари, одборникот во општината, сведоците и матичарот. Бракот е склучен кога идните брачни другари ќе се потпишат во матичната книга на венчаните. По потпишувањето од двајцата идни брачни другари, одборникот на општината ќе прогласи дека меѓу жената и мажот, наведени со нивните лични имиња, бракот е склучен. Веднаш по запишувањето во матичната книга на венчаните на брачните другари ќе им се издаде извод од матичната книга на венчаните.\nБракот склучен по верски обичаи не произведува правно дејство.\nII\n2 Права и должности на брачните другари\nПри склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат да го земат за презиме презимето на едниот или на другиот брачен другар или секој да го задржи своето презиме или секој од нив на своето презиме да го додаде презимето на другиот брачен другар или едниот брачен другар да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да му го додаде своето презиме.\nСекој брачен другар е независен во изборот на работата и занимањето. Брачните другари спогодбено одлучуваат за местото на заедничкото живеење и за водење на заедничкото домаќинство.\nБрачните другари секој според своите способности се грижат за задоволување на потребите на семејството.\nIII\n3 Престанок на бракот\nБракот престанува со смрт на еден од брачните другари, со прогласување на исчезнатиот брачен другар за умрен, со поништување и со развод на бракот. Ако еден од брачните другари е прогласен за умрен, бракот престанува со денот, кој со правосилното решение е утврден како ден на неговата смрт. Бракот престанува со поништување и со развод кога пресудата за поништување, односно развод, ќе стане правосилна.\n3.1 Поништување на брак\nБракот ќе се поништи ако се утврди дека при неговото склучување постоела некоја од брачните пречки предвидени во членовите 16 до 22 на овој закон.\nПоништување на брак може да бара еден од брачните другари, јавниот обвинител, како и физичко и правно лице кое за тоа има правен интерес, ако со овој закон не е определено поинаку.\nПоништување на брак склучен под принуда може да бара само брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот.\nТужба може да се поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето на принудата престанала.\nПоништување на брак склучен во заблуда може да бара само брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак.\nТужба може да се поднесе во рок од една година од денот на сознавањето на заблудата.\nПравото на поднесување тужба за поништување на брак не преминува на наследниците на тужителот, но тие можат да ја продолжат започнатата постапка.\nТужба за поништување на бракот поради причините утврдени во членовите 16 до 22 на овој закон, освен кога се работи за принуда, заблуда, како и за малолетство, може да се поднесе и по престанок на бракот.\n3.2 Развод на брак\nБракот може да се разведе со заемна согласност на брачните другари. Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или полнолетни деца над кои им е продолжено родителското право, потребно е да поднесат спогодба за начинот на вршењето на родителските права и должности и за издржувањето и воспитанието на децата. Судот ќе донесе одлука за развод на бракот по заемна согласност на брачните другари ако утврди дека тие таа согласност ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо.\nБракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив.\nБрачниот другар може да бара развод на бракот ако брачната заедница фактички престанала подолго од една година.\nВо случај на развод или поништување на бракот, секој од поранешните брачни другари го задржува презимето што го има, а може да бара и промена на тоа презиме.\nПравосилна пресуда за развод или поништување на бракот, судот ја доставува до органот на управата надлежен за водење на матична книга на венчаните најдоцна во рок од 30 дена заради упис на промените, како и до центарот за социјална работа, ако во бракот имаат малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право.\nТРЕТ ДЕЛ\n= Односи на родители и деца =\nI\n4 Родителско право\nРодителското право го сочинуваат правата и должностите на родителите да се грижат за личноста, правата и интересите на своите малолетни деца и децата над кои е продолжено родителското право.\nРодителското право им припаѓа на мајката и на таткото подеднакво. Ако еден од родителите е умрен или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини е спречен да го врши родителското право, родителското право го врши другиот родител.\nII\n5 Права и должности на родителите и децата\nРодителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување.\nМалолетните деца имаат право да живеат со своите родители.\nМалолетните деца можат да живеат одвоено од своите родители само кога е тоа од непосреден интерес за децата или кога тоа е од заеднички интерес за децата и за родителите.\nРодителот со кого детето не живее има право и должност да одржува лични односи со своето дете.\nРодителите имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца.\nПоднесоците и изјавите за малолетните деца може полноважно да се доставуваат на едниот или на другиот родител, а ако родителите не живеат заедно, тогаш на родителот кај кого живее детето.\nIII\n6 Засновање на односи меѓу родители и деца\n6.1 Утврдување на татковство и на мајчинство\nБрачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за време на траењето на бракот или во рок од 300 дена по престанокот на бракот.\nЗа татко на детето родено надвор од брак се смета лицето кое детето ќе го признае за свое. Татковство може да се признае пред матичар, центарот за социјална работа и суд. Органот пред кого е дадено ова признание должен е, без одлагање, записникот за признавање на татковството, да го достави до матичарот надлежен за упис на детето во матичната книга на родените. Признавање на татковството може да биде направено и со тестамент.\nИзјава за признавање на татковството на дете родено надвор од брак може да се даде и преку полномошник. Полномошното мора да биде заверено и да содржи изречно овластување на полномошникот да даде изјава за признавање на татковство на одредено дете кое го родила одредена мајка.\nИзјава за признавањето на татковство на дете родено надвор од брак може да се даде и пред раѓање на детето. Изјавата дадена пред раѓање на детето произведува правно дејство под услов детето да се роди живо.\nТатковство не може да се признае по смртта на детето, освен ако тоа оставило потомство.\nТатковството на дете родено надвор од брак може да признае секое полнолетно деловно способно лице, како и малолетно лице ако е постаро од 16 години, како и лице со ограничена деловна способност, доколку е способно да ја сфати содржината и значењето на изјавата за признавање на татковство.\nПризнавањето на татковството произведува правно дејство и се запишува во матичната книга на родените само ако со тоа се согласи мајката на детето, која за тоа матичарот ја известува. Изјавата за согласност за признавање на татковство мајката ја дава во рок од 30 дена по приемот на известувањето. Кога мајката не е жива или е исчезната, изјавата ја дава старателот на детето со одобрение на центарот за социјална работа.\nАко детето е постаро од 16 години, потребна е и негова согласност за признавање на татковството. Изјавата за согласност се дава во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето. Ако детето е помало од 16 години, и е под старателство, бидејќи мајката е умрена или е со непознато живеалиште или престојувалиште или му е одземена деловната способност, изјава за согласност за признавање на татковството дава старателот на детето со одобрение на центарот за социјална работа.\nАко мајката на детето и детето кое е постаро од 16 години или старателот на детето кога е потребна неговата согласност, не се согласат со признавањето на татковството или не се изјаснат за тоа во рок од 30 дена по приемот на известувањето, лицето кое го признало детето за свое може да поднесе тужба заради утврдување дека е тој татко на детето.\nТужба може да се поднесе во рок од три месеци по приемот на известувањето за несогласување на лицата од став 1 на овој член, или по истекот на рокот од став 1 на овој член.\nИзјавата за признавање на татковство, како и изјавата на мајката и детето за согласност со признаеното татковство, не може да се отповикуваат. Лице кое дало изјава за признавање на татковство, односно изјава за согласност со признавање на татковство, може да бара поништување на изјавата ако е таа предизвикана со принуда или е дадена поради измама или во заблуда. Тужба за поништување на изјавата може да се поднесе во рок од една година од кога принудата престанала, односно од денот кога заблудата, односно измамата е откриена.\nДетето родено надвор од брак, тужба заради утврдување на татковство, може да поднесе до навршувањето на 21 година од животот. Ако е детето малолетно или е деловно неспособно тужба во негово име може да поднесе мајката, додека го врши родителското право. Старателот, со одобрение на центарот за социјална работа може да поднесе тужба за утврдување на татковство додека трае старателството, но најдоцна до навршена 21 година од животот на детето. Центарот за социјална работа може по службена должност да покрене постапка за утврдување на татковство, доколку мајката вршејќи го родителското право ги занемарува интересите на детето и не покренала постапка за утврдување на татковство.\nЗа татко на детето, родено надвор од брак, ќе се смета лице кое со мајката на детето имало полови односи во време од најмалку 180 до 300 дена пред раѓањето на детето, доколку не се докаже спротивното. При утврдувањето на татковството судот особено ги зема предвид и заедничкиот живот и меѓусебните односи на мајката на детето и на тужениот пред и по раѓањето на детето, како и медицинските и други докази кои не го исклучуваат тужениот дека е татко на детето.\nНе е дозволено утврдување на татковство на дете кое е зачнато со вештачко оплодување.\nОдредбите на овој закон за утврдување на татковство соодветно се применуваат и при утврдување на мајчинство.\n6.2 Оспорување на татковство и на мајчинство\nБрачниот другар може да оспорува татковство на дете кое го родила неговата брачна другарка за време на траењето на бракот или пред истекот на 300 дена од престанокот на бракот, ако смета дека не му е татко на детето. Тужбата за оспорување на татковство се поднесува во рок од три месеци од денот на дознавањето за раѓањето. Ако брачниот другар на мајката е лишен од деловна способност или ако ја изгубил деловната способност пред истекот на рокот за оспорување на татковство, татковството може да го оспорува неговиот старател со одобрение на центарот за социјална работа и тоа во рок од три месеци од кога дознал за раѓањето на детето.\nАко по истекот на рокот за поднесување на тужба од став 2 на член 64, од овој закон се откријат факти и докази од кои произлегува дека брачниот другар не е татко на детето кое го родила неговата брачна другарка, на негово барање Врховниот суд на Република Македонија со решение може да определи нов рок за поднесување тужба за оспорување на татковство.\nБарањето од став 1 на овој член не може да се поднесе по полнолетството на детето.\nМајката може да оспорува татковство на лице кое според овој закон се смета за татко на нејзиното дете. Тужбата за оспорување на татковството од став 1 на овој член се поднесува во рок од три месеци од раѓањето на детето.\nДетето може да оспорува дека му е татко лицето кое според овој закон се смета за негов татко. Тужбата за оспорување на татковство детето може да ја поднесе најдоцна до навршување на 21 година од животот.\nЖената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето може да го оспорува своето мајчинство ако смета дека не му е мајка. Тужба заради оспорување на мајчинство може да се поднесе во рок од три месеци од дознавањето на фактот дека не му е мајка на детето, а најдоцна до полнолетство на детето.\nЖената која себе си се смета за мајка на детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето под услов, со истата тужба да бара и утврдување на нејзиното мајчинство.\nТужбата од став 1 на овој член може да се поднесе во рок од три месеци од дознавањето дека е таа мајка на детето, а најдоцна до полнолетството на детето.\nВо случаите од став 1 на овој член барањето за оспорување на мајчинство ќе биде одбиено доколку жената која се смета за мајка на детето не го докаже своето мајчинство.\nДетето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како негова мајка. Тужбата заради оспорување на мајчинство детето може да ја поднесе до навршување на 21 година од животот.\nОспорување на татковство не е дозволено кога мајката, со писмена согласност на нејзиниот брачен другар, е оплодена со вештачка инсеминација.\nТатковство не може да се оспорува по смртта на детето.\nЗаконските наследници на таткото, на мајката и на детето, немаат право да поднесуваат тужба за оспорување на татковство, односно мајчинство, но тие можат да ја продолжат тужбата поднесена од нив.\nДо полнолетството на детето, како и во случаите кога детето е лишено од деловна способност, тужба за оспорување на татковство и мајчинство, во негово име, може да поднесе старателот, со одобрение на центарот за социјална работа.\nНе е дозволено утврдување или оспорување на мајчинство и татковство во случај кога родителскиот однос настанал со посвојување\nIV\n7 Вршење на родителското право\nРодителското право родителите го вршат заеднички и спогодбено. Во случај на несогласување на родителите во вршењето на родителското право решава центарот за социјална работа.\nАко тоа го бараат интересите на детето, родителите можат да го доверат детето на чување и воспитание на трето лице или да го сместат во соодветна установа. Ако родителите или родителот кој сам го врши родителското право од оправдани причини подолго време отсуствуваат од местото на живеење и со себе не ги водат децата, децата можат да ги доверат на чување и воспитание на друго лице, доколку центарот за социјална работа таквото сместување претходно го одобри. Ќе се смета дека одобрување е дадено доколку во рок од 30 дена по поднесувањето на барањето, центарот за социјална работа не донесе решение. Дете не може да се даде на чување и воспитание на лице кое не може да биде старател.\nВо случаите кога родителите на детето не живеат заедно, тогаш се спогодуваат кај кого од нив детето ќе остане на чување и воспитание, а ако за тоа не можат да се спогодат или ако нивната спогодба не одговара на интересите на детето, решение за тоа ќе донесе центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа на барање на еден од родителите или по службена должност, ќе донесе ново решение за доверување на детето на чување и воспитание ако тоа го бараат изменетите околности.\nВо случаите кога родителите на детето не живеат заедно тогаш тие се спогодуваат за начинот на одржување на личните односи со детето.\nВо случај на несогласување, решение за тоа донесува центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа по барање на родителот може одново да го уреди начинот на одржување на личните односи на родителите со децата ако тоа го бараат изменетите околности.\nОдржувањето на личните односи на децата со родителите може да се ограничи или привремено да се забрани само заради заштита на здравјето и на другите интереси на детето.\nСо пресудата со која се разведува бракот судот ќе одлучи за чувањето, воспитанието и издржувањето на заедничките деца. Ако родителите не се спогодиле за ова или ако нивната спогодба не одговара на интересите на децата, судот, откако ќе прибави мислење од центарот за социјална работа и ќе ги испита сите околности, ќе одлучи дали децата ќе останат на чување и воспитание кај еден родител или некои ќе останат кај мајката, а некои кај таткото или сите ќе бидат доверени на некое трето лице или установа. Родителот на кого не му се доверени децата има право да одржува лични односи со нив, ако судот не определи поинаку со оглед на интересите на децата. Судот, по барање на еден од разведените брачни другари или центарот за социјална работа, ќе ја измени одлуката за чување и воспитание на децата и за односите на разведените брачни другари спрема нивните заеднички деца, доколку тоа го бараат изменетите околности.\nСудот ќе одлучи за доверување на децата на чување и воспитание и кога:\n1) донесува пресуда со која се утврдува дека бракот не постои и\n2) во спорови за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство доколку донесувањето на одлуката со оглед на исходот на спорот и околностите за случајот е можно и потребно. Кога донесува одлука за доверување на деца на чување и воспитание судот доколку е потребно ќе наложи на странката кај која се децата во определен рок да ги предаде децата на родителот, односно друго лице или установа.\nПо поништувањето или разводот на бракот, во однос на вршењето на родителското право и уредувањето на личните односи со децата на родителот кај кого не се децата, центарот ги има истите овластувања како и кога родителите се во брак.\nV\n8 Надзор над вршењето на родителското право\nЦентарот за социјална работа врши надзор над вршењето на родителското право.\nЦентарот за социјална работа е должен да презема потребни мерки заради заштита на личноста, правата и интересите на детето. Секој граѓанин, орган и правно лице должен е да го извести центарот за социјална работа веднаш штом дознае дека родителот не го врши родителското право или дека од други причини е потребна заштита на личноста, правата и интересите на детето.\nАко тоа го бараат интересите на детето, центарот за социјална работа ги предупредува родителите на недостатоците во воспитанието и развојот на детето и им помага детето правилно да го развиваат и воспитуваат, а може да ги упати тие самите или заедно со детето да посетат соодветно советувалиште или некоја друга здравствена, социјална или воспитна установа која може да им даде потребен совет.\nАко тоа го бараат интересите на детето, центарот за социјална работа може да донесе решение за постојан надзор над вршењето на родителското право во поглед на сите деца или само во поглед на некое од нив.\nЦентарот за социјална работа со решение може да го одземе детето од едниот и да го довери на чување и воспитание на другиот родител, на некое друго лице или на соодветна установа, кога родителите, односно родителот кај кого детето живее го запостави детето во поглед на чувањето и воспитанието или кога постои сериозна опасност за неговиот правилен развој и одгледување.\nЦентарот за социјална работа може да одземе дете од едниот и да го довери на другиот родител, на трето лице или на соодветна установа и во случаи кога родителот на кого детето му е доверено на чување и воспитание, ги оневозможува личните односи на детето со другиот родител. Со одземањето на детето не престануваат другите права и должности на родителите спрема детето. По престанок на причините поради кои детето е одземено од родителите, центарот за социјална работа, со решение ќе го врати детето кај родителите.\nЦентарот за социјална работа може сам или по предлог на родителите, односно на старателот, на лицето на кого детето му е доверено на чување и воспитание или на предлог на јавниот обвинител, да смести дете во соодветна установа ако дошло до пореметување на неговото поведение.\nЦентарот за социјална работа кога постои оправдано сомнение за злоупотреба, може да бара од родителите да биде известен за начинот на управување со имотот на детето.\nЦентарот за социјална работа може да бара судот, заради заштита на имотните интереси на детето, да дозволи преземање на мерки за обезбедување врз имотот на родителите.\nЦентарот за социјална работа може да бара од судот, заради заштита на имотните интереси на детето, да реши, родителите во поглед на управувањето со имотот на детето, да имаат положба на старател.\nНа родителот кој го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го занемарува вршењето на родителските должности по прибавено мислење од центарот за социјална работа, му се одзема вршењето на родителското право со решение на судот, во вонпроцесна постапка. На родителот може да му биде одземено вршењето на родителското право во поглед на сите деца или во поглед на некое од нив.\nПостапка заради одземање на родителското право може да поведе другиот родител, центарот за социјална работа или јавниот обвинител. Центарот за социјална работа е должен да поведе постапка за одземање на родителското право кога, на кој и да било начин, ќе дознае дека за тоа постојат причини утврдени со овој закон. Центарот за социјална работа кога ќе дознае дека постои опасност од злоупотреба на родителското право или опасност од грубо занемарување на родителските должности, должен е веднаш да преземе мерки за заштита на личноста, правата и интересите на детето.\nРодителското право може, со одлука на судот, да му биде вратено на родителот кога ќе престане причината поради која тоа право му е одземено. Предлог за враќање на родителското право може да поднесе родителот или Центарот за социјална работа.\nVI\n9 Престанок на продолжување на родителското право\nРодителското право престанува со полнолетство на детето, со стапување во брак на детето пред полнолетството и со посвојување. Со стапување во брак малолетното лице се здобива со деловна способност.\nСудот, по предлог на родителите или на центарот за социјална работа може, во вонпроцесна постапка, да одлучи родителите да продолжат да го вршат родителското право, ако детето и по полнолетството поради пречки во психичкиот развој, не е способно само да се грижи за својата личност, права и интереси.\nКога ќе престанат причините поради кои родителското право било продолжено судот, по предлог на родителите или на центарот за социјална работа, ќе одлучи за престанок на родителското право.\nОдлуката на судот од ставовите 1 и 2 на овој член се заведува во матичната книга на родените и во книгите за евиденција на недвижности.\nЧЕТВРТИ ДЕЛ\n= Посвојување =\n15 Основни одредби\nСо посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување). Каков однос ќе се создаде со посвојувањето зависи од волјата на посвоителот, на родителите на детето кое се посвојува, односно на неговиот старател и на самото дете ако е постаро од десет години.\nСамо малолетно лице може да биде посвоено.\nПосвојувањето може да се заснова само ако е во интерес на малолетникот. Посвојувањето се засновува пред центарот за социјална работа.\nНикој не може да биде посвоен од повеќе лица, освен кога како посвоители се јавуваат брачните другари.\nПосвоител, по правило, може да биде само државјанин на Република Македонија. По исклучок од став 1 на овој член како посвоител може да се јави и лице кое е странски државјанин. Посвојувањето од лицето од став 2 на овој член се заснова со одобрение на Министерството за труд и социјална политика, а по предлог на центарот за социјална работа.\n11 Услови за посвојување\nПосвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето, разликата во години може да биде и помала. Ако брачни другари посвојуваат дете истовремено или едниот па другиот, за посвојувањето е доволно да постои разлика во години само кај едниот од брачните другари.\nНе може да се посвои сродник во права линија ниту брат ниту сестра.\nПосвоител не може да биде лице:\n:а) кое е лишено од родителски права,\n:б) на кое му е ограничена или одземена деловната способност,\n:в) за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител ќе ја употреби на штета на посвоеникот и\n:г) кое е душевно болно или лице со пречки во психичкиот развој, како и лице кое боледува од болест што може да го доведе во опасност здравјето и животот на посвоеникот.\nЗа посвојување е потребна согласност на обата родители на посвоеникот, односно на неговиот старател, како и на посвоеникот ако е постар од десет години. Не е потребна согласност на родител на кој му е одземена деловната способност или му е одземено вршењето на родителското право или на родител на кој повеќе од една година не му се знае престојувалиштето. Не е потребна согласност ниту од посвоеникот кој до посвојувањето живеел во семејството на посвоителот пред наполнувањето на десетгодишна возраст. Не е потребна согласност од родителот на детето родено надвор од брак кој во рок од три месеци по раѓањето на детето не покренал постапка за признавање на тоа дете или за утврдување на татковство во однос на тоа дете.\n12 Засновање на посвојување\nЛицето кое сака да посвои поднесува барање до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на подносителот. Кон барањето од став 1 на овој член се приложуваат документите определени со правилникот за водење на евиденција на посвоените лица и за определување на документи за посвојувањето, кој го донесува министерот за труд и социјална политика. Центарот за социјална работа до кого е доставено барањето, врши проценка за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето. Посвојувањето може да се заснова во центарот за социјална работа надлежен според местото на живеење на посвоителот или посвоеникот.\nПри засновање на посвојувањето е потребно присуство на посвоителот, неговиот брачен другар, родителите, односно старателот на посвоеникот, како и на посвоеникот ако е постар од десет години, освен на посвоеникот од став 3 на член 103 на овој закон. Во оправдани случаи не е потребно присуство на брачниот другар на посвоителот, кој не се јавува како посвоител, ако својата согласност за посвојување ја дал пред центарот за социјална работа, на записник во кој мора да бидат точно означени посвоителот и посвоеникот. Засновувањето на посвојувањето се врши без присуство на јавноста.\nРодителите, односно родителот кој сам го врши родителското право, согласноста детето да може да биде посвоено може да ја дадат и претходно пред центарот за социјална работа надлежен според местото на живеење на родителите, без да го определат посвоителот. Кога лицата од став 1 на овој член дале таква согласност во постапката за засновање на посвојување согласноста за посвојување ја дава старателот на малолетното дете. Согласноста по раѓање на детето, во писмена форма, во просториите на центарот за социјална работа, кој е месно надлежен, ја дават родителите од став 1 на овој член без оглед на видот на брачната заедница и врска. Согласноста своерачно ја пишува родителот кој се согласува детето да го даде на посвојување, а ја потпишува родителот и овластен претставник на центарот за социјална работа.\nСогласноста за посвојување родителите ја даваат по наполнување на три месеци возраст на детето. Посвојувањето на детето може да се заснова најрано по навршување на три месеци старост на детето. Согласноста за посвојување може да се повлече се до моментот на засновање на посвојување на детето.\nАко центарот за социјална работа од содржината на документите, од социјалниот увид или на друг начин утврди дека се исполнети условите пропишани со овој закон и дека посвојувањето е корисно за посвоеникот, ќе пристапи кон засновање на посвојувањето, а во спротивно ќе го одбие барањето за посвојување.\nАко е тоа во интерес на посвоеникот, а секогаш кога треба да се посвои дете постаро од три години, центарот за социјална работа, пред да донесе одлука за посвојување, малолетното дете како иден посвоеник го сместува на престој во семејството на посвоителите определено време, кое не може да биде подолго од една година.\nПротив решението од став 1 на овој член, може да се поднесе жалба во рок од 15 дена до Министерството за труд и социјална политика.\nСлужбеното лице на центарот за социјална работа, врз основа на исправите и изјавите за личниот идентитет на присутните лица утврдува дека тоа се лицата од член 105 на овој закон, а потоа ги запознава со правата и должностите што произлегуваат од посвојувањето и ќе побара изјави за согласност за посвојување од лицата кои се должни согласно со овој закон, да дадат таква изјава, односно ќе ги прочита нивните порано дадени изјави за согласност.\nПри посвојувањето се составува записник и се донесува решение. Во записникот и во решението за посвојувањето се внесуваат податоци за извршеното посвојување, за спогодбата за личното име на посвоеникот, за местото на раѓање на детето и за неговите наследни права спрема посвоителот, доколку посвојувањето е непотполно. Записникот го потпишуваат службеното лице кое го застапува детето, родителите, односно старателот на детето и посвоителите.\nПо засновањето на посвојувањето во матичната книга на родените, како родители на детето се запишуваат посвоителите, а како место на раѓање на детето се запишува местото што спогодбено ќе го определат посвоителите и центарот за социјална работа. Матичарот е должен да изврши нов упис во книгата на родените и за тоа да им издаде на посвоителите извод од матичната книга на родените.\nЦентарот за социјална работа решението за посвојување ќе го достави до надлежниот матичар најдоцна во рок од 15 дена заради упис во матичната книга на родените. По извршениот нов упис во матичната книга на родените, матичарот е должен матичната служба да ја извести заради бришење на стариот упис.\n13 Права и должности на посвоителот и на посвоеникот\nСо потполното посвојување меѓу посвоителот и неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои постојат меѓу крвни роднини. Со потполното посвојување престануваат заемните права и должности меѓу посвоеното дете и неговото поранешно семејство. Ако посвоителот е брачен другар на еден од родителите на посвоеникот, посвојувањето не влијае врз односите меѓу посвоеникот и тој родител, како и спрема неговите роднини.\nПри потполното посвојување наследните права на посвоеникот и неговото потомство спрема посвоителот и неговото семејство и на посвоителот и неговото семејство спрема посвоеното дете и неговото потомство се изедначени со наследните права меѓу крвните роднини.\nСо непотполно посвојување меѓу посвоителите и посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца. Наследните права меѓу посвоителот и посвоеникот и неговото потомство при непотполното посвојување се заемни. При непотполното посвојување, наследните права на посвоеникот спрема посвоителот може да се ограничат или сосема да се исклучат ако во моментот на посвојувањето посвоителот има свои родени деца. Ако како посвоители при непотполното посвојување се јавуваат брачни другари, наследните права на посвоеникот може различно да се определат спрема секој од нив. Доколку наследните права на посвоеникот биле ограничени или исклучени, посвоителот не може да го наследи посвоеникот и неговото потомство по закон.\n14 Престанок на посвојување\nПотполно посвојување не може да се раскине.\nНепотполното посвојување може да престане по спогодба меѓу посвоителот и посвоеникот според одредбите кои важат за посвојувањето. Ако посвоеникот е малолетен, центарот за социјална работа е должен да испита дали престанувањето на посвојувањето е корисно за посвоеникот.\nЦентарот за социјални работи може да реши непотполното посвојување да престане ако утврди дека тоа го бараат интересите на малолетниот посвоеник. Секој граѓанин, орган и правно лице до центарот за социјална работа можат да поднесат претставка за потребата за престанок на непотполното посвојување кога е тоа во интерес на малолетниот посвоеник.\nЦентарот за социјална работа по барање на посвоителот или посвоеникот кога ќе се утврди дека за тоа постојат оправдани причини може да реши непотполното посвојување да престане.\nАко во текот на постапката за раскинување на непотполното посвојување настапи смрт на посвоеникот или на посвоителот, барањето за раскинување на посвојувањето можат да го продолжат нивните законски наследници.\nПо престанокот на непотполното посвојување, надлежниот центар за социјална работа може да го задолжи посвоителот да го издржува посвоеникот до полнолетството врз товар на посвоителот, земајќи ја предвид нивната имотна состојба. Надлежниот центар за социјална работа, може да утврди обврска на полнолетниот посвоеник за издржување на посвоителот кој не е способен за стопанисување и нема средства за живот.\nСо престанок на непотполното посвојување одново настануваат заемни права и должности меѓу посвоеникот и неговото поранешно семејство. Посвоеникот го добива своето поранешно презиме, а по негово барање може да го задржи презимето што го добил при посвојувањето, ако со тоа се согласи посвоителот.\nПравосилното решение за престанок на непотполното посвојување се доставува на надлежниот матичар заради упис во матичната книга на родените.\nПЕТТИ ДЕЛ\n= Старателство =\nI.\n15 Основни одредби\nСо старателството Републиката им дава посебна заштита на малолетните деца кои се без родителска грижа и на полнолетни лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност. Според одредбите на овој закон заштитата им се дава и на други лица кои не се во состојба или немаат можност сами да се грижат за заштитата на своите права и интереси.\nРаботите на старателството ги врши центарот за социјална работа непосредно, преку старатели или други лица кои вршат работи сврзани со старателството. Надлежноста на центарот за социјална работа се определува според местото на живеалиштето, а ако нема живеалиште, според престојувалиштето на лицето кое треба да се стави под старателство. Местото на живеалиштето и местото на престојувалиштето се определуваат според моментот кога настанале условите за ставање под старателство.\nЦентарот за социјална работа презема потребни мерки за остварување на целите на старателството. Центарот за социјална работа во подготвувањето, донесувањето и спроведувањето на своите решенија, односно мерки, применува облици на социјална заштита, методи на социјална и друга стручна работа, како и се користи со услугите на социјалните, здравствените, образовно-воспитните и други установи.\nПостапка за ставање под старателство се поведува по службена должност или по барање на заинтересираните лица.\nПостапката од став 1 на овој член е итна.\nЗа потребата некое лице да се стави под старателство или врз него да се примени некој облик на заштита што ја дава центарот за социјална работа, должни се да го известат тој орган:\n1) матичарот и државните органи кога во вршењето на работите од своја надлежност ќе дознаат за таков случај;\n2) роднините, членовите на семејството и соседите и\n3) претпријатијата, установите, месните заедници и другите организации и заедници.\nКога центарот за социјална работа ќе дознае за потребата некое лице да се стави под старателство, тој веднаш презема соодветни мерки за заштита на личноста, правата и интересите на тоа лице и поведува постапка за ставање под старателство. При определување на обликот на заштитата врз лицето кое се става под старателство, центарот за социјална работа првенствено ќе се раководи од интересите на лицето кое се става под старателство и интересите на неговото семејство, како и од материјалните можности, при што во реализацијата на заштитата соработува со соодветни организации и органи.\nЦентарот за социјална работа според Законот за општа управна постапка решава за ставање под старателство, за поставување или за разрешување од должност старател, за обемот на овластувањата на старателот и за правата и правните интереси на лицето под старателство и за престанок на старателството. Во другите случаи центарот за социјална работа постапува на најцелисходен начин, зависно од природата на мерките на старателството што ги определува. Центарот за социјална работа може да ги менува своите порано донесени решенија, кога тоа го бараат интересите на лицето под старателство, ако со тоа не се засегнуваат правата на трети лица.\nЛицето под старателство, кое е во состојба да го стори тоа, неговите роднини, како и претпријатијата и установите, органите и организациите предвидени во член 128 од овој закон, како и секој граѓанин можат да поднесат приговор за работата на старателот и за работата на центарот за социјална работа. Приговорот за работата на старателот се доставува до центарот за социјална работа, а приговорот на работата на центарот за социјална работа се доставува до Министерството за труд и социјална политика.\nЦентарот за социјална работа ги испитува приговорите и ако најде дека се основани, ќе определи мерки кои треба да се преземат. Ако Министерството за труд и социјална политика најде дека приговорот е основан, ќе даде упатство на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа по добиеното упатство решава кои мерки ќе ги презема и за тоа го известува второстепениот орган.\nТрошоците за спроведување на мерките што се преземаат во интерес на лицето под старателство се покриваат од:\n1) приходите на лицето под старателство;\n2) средствата добиени од лица кои се должни да му даваат издржување на лицето под старателство;\n3) имотот на лицето под старателство;\n4) средствата на лицето под старателство остварени како право од социјална заштита и\n5) други извори.\nЦентарот за социјална работа е должен да води евиденција за лицата ставени под старателство, за преземените мерки на старателство и за имотот на лицето под старателство. За водење на евиденцијата и документацијата од став 1 на овој член министерот за труд и социјална политика донесува упатство.\nII\n16 Старател\nНа лицето под старателство центарот за социјална работа назначува старател, доколку не одлучи должноста старател да ја врши непосредно. За старател се поставува лице кое има лични својства и способности за вршење на должноста старател, а кое претходно ќе даде согласност да биде старател. За старател првенствено се поставува близок роднина на лицето под старателството. При поставување на старател, центарот за социјална работа ги зема предвид и желбите на лицето под старателство, ако тоа е во состојба да ги изрази, како и желбите на неговите блиски роднини.\nИсто лице може да биде поставено за старател и за повеќе лица ако за тоа се согласи, ако тоа не е во спротивност со интересите на некое од лицата кои се ставаат под старателство и ако со тоа тие се согласат.\nНа лице под старателство сместено во воспитна, социјална, здравствена или друга установа или организација, како и во друго семејство или лице, центарот за социјална работа ќе му постави старател за вршење на работите на старателството што лицето, семејството или установата не ги врши во рамките на својата редовна дејност.\nЦентарот за социјална работа може со решение да ги ограничи овластувањата на старателот и да реши одделни работи од старателството да ги врши непосредно. Ако центарот за социјална работа ја врши старателската функција во смисла на став 1 од овој член тој може одделни работи да ги довери да ги вршат стручни лица во негово име и под негов надзор.\nНе може да биде старател лице:\n1) на кое му е одземено вршењето на родителското право;\n2) на кое му е одземена или ограничена деловната способност;\n3) чии интереси се во спротивност со интересите на лицата под старателство, односно кое не дава гаранција дека лицето под старателство правилно ќе го воспита и одгледа и\n4) од кое, со оглед на неговото поранешно и сегашно поведение, личните својства и односите со лицето под старателство и неговите родители, не може да се очекува дека правилно ќе ја врши старателската функција.\nЦентарот за социјална работа во решението со кое го поставува старателот, ги определува неговите должности и обемот на неговите овластувања. Центарот за социјална работа пред да го донесе решението од став 1 на овој член, го запознава старателот со значењето на старателството, со неговите права и должности и со другите поважни податоци потребни за вршење на должноста старател. Центарот за социјална работа на старателот му издава старателска исправа во која е содржан обемот на неговите овластувања.\nЗа ставање под старателство и за престанок на старателството центарот за социјална работа го известува матичарот во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението. Ако лицето ставено под старателство има недвижен имот центарот за социјална работа ќе го извести и надлежниот орган кој ги води книгите за евиденција на недвижностите.\nСтарателот е должен во рамките на своите овластувања совесно да се грижи за личноста и за правата и интересите на лицето под старателство и совесно да управува со неговиот имот. Старателот не може без претходно одобрение од центарот за социјална работа да презема работи кои ги минуваат рамките на редовното работење или управување со имотот на лицето под старателство. Старателот не може да дава подароци или да прави други располагања со имотот на лицето под старателство без надомест и не може лицето под старателство да го обврзува како гарант.\nАко лицето под старателство има имот, центарот за социјална работа ќе донесе решение да се изврши попис и процена и имотот да се предаде на старателот на управување. Пописот и процената на имот на лицето под старателство го врши комисија именувана од центарот за социјална работа. На пописот и процената на имотот на лицето под старателство задолжително присуствуваат старателот и лицето под старателство, ако е во состојба да сфати за што се работи, како и лицата во чие владение е имотот на лицето под старателство.\nПо исклучок на член 142 на овој закон, центарот за социјална работа, може да изврши попис и процена на имотот и да преземе други мерки за обезбедување на имотот на лицето кое се става под старателство и пред донесување на решение за ставање под старателство, доколку за тоа постојат оправдани причини. Во случај на непосредна опасност по имотот на лицето под старателство во поглед на неговиот недвижен имот, центарот за социјална работа може и пред пописот и процената на имотот да побара од судот заверка во јавните книги за евиденција на недвижности за поведување на постапка за ставање на тоа лице под старателство.\nАко лицето под старателство има имот надвор од подрачјето на надлежниот центар за социјална работа, центарот за социјална работа грижата за тој имот може да му ја довери на центарот за социјална работа на чие подрачје се наоѓа имотот. Центарот за социјална работа на кого му е доверена грижата за имотот може да определи посебен старател над тој имот или да се грижи за него непосредно. Органот од став 2 на овој член е должен еднаш годишно да го известува надлежниот центар за социјална работа за состојбата на имотот. Решавањето за располагање со имотот од став 1 на овој член го задржува надлежниот центар за социјална работа.\nСтарателот е должен со помош на центарот за социјална работа да презема потребни мерки за обезбедување средства неопходни за спроведување на мерките кои во интерес на лицето под старателство ги определил центарот за социјална работа.\nСтарателот, само со одобрение на центарот за социјална работа, може да ги презема во име и за сметка на лицето ставено под старателство следниве работи:\n1) да го отуѓи или оптовари недвижниот имот;\n2) да отуѓи движни предмети од поголема и од посебна лична вредност или да располага со имотни права од поголема вредност;\n3) да се откаже од наследство или од легат или да одбие подарок и\n4) да презема други мерки определени со закон.\nЦентарот за социјална работа во постапката за давање на одобрение за старателот во поглед на располагањето и управувањето со имотот, односно со правата на лицето под старателство, ја определува намената на прибавените средства и врши надзор над нивната употреба.\nСтарателот не може да го застапува лицето под старателство во правни дела во кои како друга странка учествува брачниот другар или близок роднина на старателот, туку за таков случај центарот за социјална работа ќе му постави на лицето под старателство друг старател или самиот ќе го застапува.\nСтарателот може без одобрение од центарот за социјална работа да отуѓи плодови, ситна стока, предмети што се подложни на брзо расипување и други предмети, доколку е тоа во рамките на редовното работење и управување со имотот. Паричните средства добиени со продажба на предметите од став 1 на овој член можат да се користат само за задоволување на потребите на лицето под старателство.\nСтарателот може за работи за кои не е потребно одобрение да бара совет од центарот за социјална работа, кој е должен таков совет да даде. Центарот за социјална работа е должен на старателот да му укаже помош во вршење на работите кои тој не е во можност самиот да ги изврши, а особено во составување на подавки, во застапување пред судот и пред други органи.\nСтарателот, лицето, другото семејство и установа во кое е сместено лицето под старателство се должни на центарот за социјална работа да му доставуваат извештај за својата работа секоја година, како и тогаш кога тоа тој ќе го побара.\nВо случај старателството да го врши непосредно центарот за социјална работа извештај за работата е должен да поднесе неговиот работник или друго лице кое во името на центарот за социјална работа ги врши работите на старателството. Извештајот се поднесува писмено или усмено на записник. Од извештајот на старателот треба да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје, издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, а кај малолетните лица под старателство и за нивното воспитание и образование, како и за сè друго што е од значење за личноста на лицето под старателство.\nИзвештајот од ставовите 1 и 2 на овој член треба да содржи и податоци за управувањето и располагањето со имотот на лицето под старателство и за сите приходи и расходи на лицето под старателство во изминатата година, како и за крајната состојба на неговиот имот.\nСтарателот ги врши своите должности, по правило без надоместок. Центарот за социјална работа може на старателот да му определи и надомест како награда, ако вложил дополнителен труд и се истакнал во вршењето на своите должности. Висината на надоместокот на трошоците за старателот од став 2 на овој член ја утврдува центарот за социјална работа. Наградата и надоместокот на трошоците ги одобрува центарот за социјална работа од приходот на лицето под старателство, а доколку со тоа би се загрозило издржувањето на лицето под старателство тие трошоци ќе паднат на товар на буџетот на Републиката.\nСтарателот е должен да му ја надомести штетата на лицето под старателство што му ја сторил со неправилно, несовесно или невнимателно вршење на должноста. Центарот за социјална работа го утврдува износот на штетата и го повикува старателот во определен рок штетата да ја надомести. Доколку старателот не ја надомести утврдената штета во определениот рок центарот за социјална работа непосредно ја надоместува штетата на лицето под старателство. Центарот за социјална работа може кај надлежниот суд да бара од старателот надомест на исплатениот износ од став 2 на овој член. Заради обезбедување на правата на лицето под старателство, повредени со работењето на старателот, центарот за социјална работа е должен спрема старателот да преземе и други мерки предвидени со закон.\nАко старателот умре или самоволно престане да ја врши старателската должност или ако настанат околности кои го спречуваат старателот да ја врши својата должност, центарот за социјална работа е должен, без одлагање, да преземе мерки на заштита на интересите на лицето под старателство и да му постави нов старател.\nЦентарот за социјална работа ќе го ослободи од вршење на старателската должност ако тоа тој самиот го побара, водејќи сметка за интересите на лицето под старателство, но најдоцна во рок од три месеци од денот на поднесувањето на барањето. Центарот за социјална работа ќе го смени старателот ако утврди дека во вршењето на должноста тој е невнимателен, ги злоупотребува овластувањата, дека со неговата работа се загрозуваат интересите на лицето под старателство или ако смета дека за лицето под старателство е покорисно да му се постави друг старател.\nКога на старателот ќе му престане старателската должност согласно со одредбите на член 155 од овој закон, центарот за социјална работа е должен веднаш да ги преземе сите потребни мерки за заштита на интересите на лицето под старателство и да му постави нов старател. Старателот на кого му престанала старателската должност, должен е на центарот за социјална работа да му поднесе извештај и сметка за своето работење и на новиот старател да му ја предаде должноста со записник во рокот што ќе го одреди центарот за социјална работа, но не повеќе од 30 дена.\nВо случај на престанок на потребата за старателство Центарот за социјална работа ќе го повика старателот во определен рок да поднесе извештај за работата и за состојбата на имотот на лицето под старателство, како и да го предаде имотот на управување на лицето кое било под старателство, односно на родителот или на посвоителот. Предавањето на имотот се врши во присуство на старателот, лицето кое било под старателство, односно на родителот или посвоителот и на претставник на центарот за социјална работа.\nЦентарот за социјална работа е должен да преземе мерки за обезбедување на правата и интересите на лицето под старателство што произлегуваат од работењето на старателот, како и мерки за заштита на правата и на интересите и на други лица кои произлегуваат од односите на старателството.\nIII\n17 Старателство над малолетни лица\nПод старателство ќе се стави малолетно лице без родителска грижа. Дете без родителска грижа е дете чии родители не се живи кои се исчезнати, непознати или се со непознато живеалиште повеќе од една година и дете чии родители без оглед на причините привремено или трајно не ги извршуваат своите родителски права и должности.\nСтарателот на малолетно лице е должен да се грижи како родител за личноста на малолетникот, а особено за неговото здравје, воспитание, образование и оспособување за самостоен живот и работа.\nСтарателот може само со одобрение на центарот за социјална работа: - да го прекине образованието на малолетникот или да го промени видот на образованието; - да одлучи за изборот, вршењето или промената на занаетот на малолетникот и - да преземе и други мерки во поглед на личноста на малолетникот определени со закон.\nМалолетник под старателство кој наполнил 15 години од животот може сам, без одобрение на старателот, да заснова работен однос и слободно да располага со остварената плата, при што е должен сам да придонесува за своето издржување, воспитание и стручно оспособување. Малолетник од став 1 на овој член може сам да презема правни работи за кои, доколку се од поголемо значење, потребно е одобрение од неговиот старател. За работите од член 161 на овој закон кои старателот не може сам да ги преземе, потребно е согласност од центарот за социјална работа.\nСтарателството над малолетно лице престанува со неговото полнолетство, со склучување на брак, со посвојување или кога ќе престане било која од причините утврдено во член 159 став 2 на овој закон. Центарот за социјална работа ќе продолжи да му дава помош на лицето на кое старателството му престанало поради полнолетство ако тоа, додека траело старателството, од оправдани причини не можело да се оспособи за самостоен живот и работа.\nАко и по полнолетството, поради пречки во психичкиот развој лицето не е способно само да се грижи за себе и за своите права и интереси старателот или центарот за социјална работа ќе поведат постапка тоа лице по друг основ да биде ставено под старателство.\nIV\n18 Старателство над лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност\nЛицата на кои со одлука на судот делумно или целосно им е одземена деловната способност, центарот за социјална работа ги става под старателство. Деловната способност е способност на лице да изрази правно релевантна волја за учество во правниот промет.\nПравосилното решавање за одземање, односно ограничување на деловната способност судот веднаш го доставува до центарот за социјална работа кој, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, го става лицето под старателство.\nСтарателот на лице на кое му е одземена или ограничена деловната способност, должен е да се грижи особено за неговата личност, права, интереси, сместување и здравје, имајќи ги предвид причините поради кои на лицето му е одземена, односно ограничена деловната способност, настојувајќи тие да бидат отстранети, а лицето да се оспособи за самостоен живот и работа.\nСтарателот на лице на кое му е одземена деловната способност ги има правата и должностите на старател на малолетно лице кое нема наполнето 15 години живот. Старателот на лице на кое му е ограничена деловната способност има должности и права на старател на малолетно лице кое има наполнето 15 години живот.\nСудот е должен веднаш да го извести центарот за социјална работа кога ќе се поведе постапка за одземање на деловната способност на лицето. Центарот за социјална работа во постапката за одземање на деловната способност на лицето може на тоа лице да му постави привремен старател, ако најде дека е тоа потребно. Должноста привремен старател престанува веднаш штом ќе се постави постојан старател или штом решението на судот со кое се одбива предлогот за одземање на деловната способност ќе стане правосилно.\nПривремениот старател има исти права и должности како старател над малолетно лице кое навршило 15 години живот. Центарот за социјална работа може, ако е тоа потребно, да ги прошири правата и должностите на привремениот старател како на старател над малолетно лице кое не навршило 15 години живот.\nАко старателот утврди дека кај лицето на кое му е одземена деловната способност настанале околности кои упатуваат на потреба за враќање на деловната способност, односно за измена на поранешната одлука, тој е должен, без одлагање, за тоа да го извести центарот за социјална работа.\nСтарателството над лице на кое му е одземена деловната способност престанува кога со решение на судот ќе му се врати деловната способност.\nV\n19 Старател за посебни случаи\nЦентарот за социјална работа ќе му постави старател за одделни работи или определен вид работи на лице чие место за живеење не е познато, а кое нема застапник, на непознат сопственик на имот кога е потребно некој да се грижи за тој имот, како и во други случаи кога е тоа потребно заради заштита за правата и интересите на одделни лица. Старател на лицата од став 1 на овој член, под услови утврдени со закон, може да постави и органот пред кој се води постапката. Овој орган е должен за тоа без одлагање да го извести центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа спрема старателот поставен во смисла на став 2 на овој член ги има сите овластувања како и спрема старателот кого сам го постави.\nЦентарот за социјална работа може да постави посебен старател на:\n:- лице над кое родителите го вршат родителското право за водење спор меѓу него и неговите родители, за склучување на одделни правни дела меѓу нив, како и во други случаи кога нивните интереси се во спротивност и\n:- лице под старателство за водење спор меѓу него и старателот, за склучување правни дела меѓу нив, како и во други случаи кога нивните интереси се во спротивност.\nКога меѓу малолетници над кои исто лице врши родителско право или меѓу лица кои имаат ист старател треба да се води спор или да се склучи правно дело во кое интересите на малолетните, односно на лицата под старателство се во спротивност, центарот за социјална работа на секое од нив ќе постави посебен старател за водење на спорот, односно склучување на правното дело. Кога родителите, старателите и државните органи во вршењето на должноста, ќе дознаат за случаите од став 2 на овој член, должни се за тоа да го известат центарот за социјална работа.\nЦентарот за социјална работа во случаи предвидени со овој закон, ќе преземе потребни мерки за заштита на личноста, правата и интересите на странски државјани додека органот на државата, чиј државјанин е тој, не донесе потребно решение и не преземе определени мерки.\nНа барање на лице кое поради болест, старост или од други оправдани причини не е способно само да се грижи за себе за своите права и правни интереси, центарот за социјална работа може да му постави старател за одделни работи или за определен вид работи. На барање на лицето од став 1 на овој член центарот за социјална работа ќе донесе решение за престанок на старателството.\nПри поставувањето на старател според одредбите на членовите 175 и 176 од овој закон, центарот за социјална работа обемот на должностите и правата на старателот, го определува во зависност од околностите на секој одделен случај.\nШЕСТИ ДЕЛ\n= Издржување =\nИздржувањето на членовите на семејството и на другите роднини е нивно право и должност. Во случаите во кои меѓусебното издржување на членовите на семејството и на другите роднини не може да се оствари во целост или делумно, Републиката на необезбедените членови на семејството им обезбедува средства неопходни за издржување под услови определени со закон. Откажувањето од правото на издршка нема правно дејство.\n20 Издржување на децата, на родителите и на другите роднини\nРодителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца. Ако школувањето и стручното образование на децата продолжува и по полнолетството, родителите се должни, понатаму да ги издржуваат децата до редовното завршување на школувањето, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст. Ако полнолетното лице е неспособно за работа поради болест, физички или психички недостаток, а нема доволно средства за живот и не може да ги добие од својот имот, родителите се должни да го издржуваат додека трае таа неспособност.\nОбврската за издржување постои и меѓу други роднини во права линија, како и меѓу браќа и сестри во поглед на издржувањето на малолетните браќа и сестри, а во однос на полнолетните браќа и сестри само под условите на член 179 став 3 на овој закон.\nДецата се должни да ги издржуваат своите родители кои се неспособни за работа, а немаат доволно средства за издржување или средствата за издржување не можат да ги остварат од својот имот. По исклучок, судот може да го одбие барањето за издржување кога издржување бара родител, на кој му било одземено родителското право, иако детето за тоа има можности или ако судот, ценејќи ги сите околности на случајот, најде дека тоа би била очигледна неправда за детето.\nОчувот и маќеата се должни да ги издржуваат своите малолетни пасиноци, освен ако тие имаат роднини кои според овој закон се должни да ги издржуваат и ако тие роднини за тоа имаат можности. Обврската на очувот, односно маќеата да ги издржуваат своите малолетни пасиноци, постои и по смртта на родителот на детето, со кого очувот, односно маќеата бил во брак ако до моментот на смртта постоела семејна заедница меѓу очувот, односно маќеата и пасиноците. Ако бракот меѓу родителот и очувот, односно маќеата на детето е поништен или разведен, обврската за издржување на очувот, односно на маќеата спрема пасинокот престанува.\nПасиноците се должни да го издржуваат својот очув, односно маќеата ако тие подолго ги издржувале и се грижеле за нив. Ако очувот, односно маќеата имаат свои деца, обврската на пасиноците е заедничка со тие деца .\nЛицата кои според овој закон се должни меѓусебно да се издржуваат ја даваат издршката по оној ред по кој давателите на издржувањето доаѓаат на наследство. Ако обврската за издржување паѓа на товар на повеќе лица заедно, тогаш таа се дели меѓу нив според нивните можности. 2. Издржување на брачен другар\nБрачниот другар кој нема доволно средства за издржување и е неспособен за работа или е без работа без своја вина, има право на издржување од својот брачен другар сразмерно со неговите можности.\nСудот може, земајќи ги предвид сите околности на случајот, да го одбие барањето за издржување ако издржување бара брачниот другар кој злонамерно или без оправдани причини го напуштил својот брачен другар.\nПод условите од член 186 на овој закон необезбедениот брачен другар има право да бара, со пресудата со која бракот се разведува, да му се досуди извесен износ на име на издржување на товар на другиот брачен другар сразмерно со неговите можности. По исклучок од одредбата од став 1 на овој член брачниот другар може со посебна тужба, во рок од една година по престанокот на бракот, да бара издржување само ако условите за издржување утврдени во член 185 од овој закон постоеле во моментот на заклучувањето на главната расправа на постапката за разводот на бракот и непрекинато траеле до заклучување на главната расправа во постапката за издржување.\nСудот може да го одбие барањето за издржување ако издржување бара брачен другар, кој без сериозен повод од страна на другиот брачен другар, грубо и недолично се однесувал во брачната заедница или ако неговото барање би претставувало очигледна неправда за другиот брачен другар.\nСудот може да го одбие барањето за издржување, ако брачните другари во подолг период на одвоен живот, наполно самостојно, обезбедувале средства за своето издржување или ако од околностите на случајот, се утврди дека брачниот другар кој бара издржување, не е доведен во потешка материјална положба од онаа во која се наоѓал во моментот на склучување на брак.\nПравото на издршка на необезбедениот поранешен брачен другар трае најмногу пет години по разводот на бракот или по поништување на бракот. По барање на брачниот другар, судот може да го продолжи правото на издржување и по истекот на рокот од став 1 на овој член, ако утврди дека за тоа постојат оправдани причини, а особено ако необезбедениот брачен другар, ни по истекот на тој временски период , не ќе биде способен самиот да се издржува.\nСудот може обврската за издржување да ја определи да трае и помалку од пет години кога постојат претпоставки дека барателот на издржувањето е во можност во догледно време на друг начин да си обезбеди средства за издржување. Во случај кога бракот траел кратко време судот може, ценејќи ги сите околности, да одлучи обврската за издржување да трае определено време или барањето за издржување во целост да биде одбиено без оглед дали барателот на издржувањето, во догледно време може да си обезбеди средства за издржување, доколку тој не одгледува заедничко малолетно дете. Притоа судот посебно ќе цени дали имотните прилики на брачниот другар се измениле во врска со склучување на бракот. Во оправдани случаи судот може обврската за плаќање на издршката да ја продолжи на неопределено време. Тужбата за продолжување на обврската за издржување може да се поднесе само до истекот на времето за кое издржувањето е досудено.\nПравото на поранешниот брачен другар на издржување престанува кога ќе престанат условите од член 185 на овој закон, кога ќе истече времето за кое е досудено издржувањето и кога поранешниот брачен другар кој добива издржување ќе склучи нов брак, односно ќе стапи во вонбрачна заедница.\nВо случај на поништување на брак, брачниот другар кој во времето на склучувањето на бракот не знаел за причината за ништовност може да бара на товар на другиот брачен другар да му се досуди издржување, под условите под кои разведениот брачен другар може да го остварува правото на издржување.\nПри одлучување за издржување на лице од вонбрачна заедница соодветно се применуваат одредбите од овој закон што се однесуваат на издржување на брачните другари.\n21 Определување на издршка\nПри утврдување на потребата за издржување на лицето, судот ќе ја земе предвид неговата имотна состојба, способноста за работа, можноста за вработување, здравствената положба, како и другите околности од кои зависи оцената за неговите потреби. Кога издршката се определува за дете, судот ќе ја земе предвид и возраста на детето, како и потребите за неговото школување. При утврдување на можностите на лицето кое е должно да дава издржување, судот ќе ги земе предвид сите негови приходи и вистинските можности за стекнување на заработка и неговите сопствени потреби и законски обврски по основ на издржувањето спрема други лица.\nВо спорот на родителите околу издржувањето на детето, судот како придонес за издржување на детето на родителот на кого детето му е доверено на чување и воспитание, ќе ги цени работата и грижата на тој родител кој ги внесува во воспитанието и подигањето на детето.\nВисината на издржувањето судот може да ја определи во определен износ или во процент од остварениот личен доход, односно од приходите и примањата остварени од вршење на друг вид дејност.\nЦентарот за социјална работа може во име на малолетното дете да поведе спор за издржување, односно за зголемување на издржувањето, кога родителот кај кого детето се наоѓа на чување и воспитание, без оправдани причини, не го користи тоа право. Ако родителот не бара извршување на досуденото издржување, центарот за социјална работа може во името на малолетното лице да поднесе предлог за извршување.\nЦентарот за социјална работа ќе настојува родителите да се спогодат за издржувањето на детето, односно за зголемување на придонесот во издржување на детето кога тоа го бараат зголемените потреби на детето или тоа го овозможуваат подобрените материјални прилики на давателот на издржувањето.\nЦентарот за социјална работа може, со полномошно на стари лица во нивно име да поведе и води спор за остварување на правото на издржување спрема лицата кои според одредбите на овој закон се должни да ги издржуваат.\nЛицето кое е должно да дава издржување, освен за обврската на родителот спрема малолетни деца, може по свој избор да плаќа определен паричен износ на име на издржувањето или лицето да го земе на издржување кај себе или да му обезбеди издржување на друг начин. Лицето кое има право на издржување може од оправдани причини да бара издржувањето да му се обезбеди само во пари.\nЗаинтересираното лице може да бара судот да го зголеми, да го намали или да го укине издржувањето досудено со поранешна правосилна пресуда ако се измениле околностите врз основа на кои е донесена пресудата.\nДавателот на издршката (орган, организација, заедница или физичко лице) може од лицата кои според овој закон биле должни да даваат издршка, со тужба да бара надоместок на сторените трошоци за издршка на лицето, доколку тие биле оправдани.\nСЕДМИ ДЕЛ\n= Имотни односи =\nI\n22 Имотни односи на брачните другари\n22.1 Имот на брачните другари\nИмотот на брачните другари може да биде посебен и заеднички.\nИмотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот претставува негов посебен имот.\nКако посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и предметите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот.\nСекој брачен другар самостојно управува и располага со посебниот имот, доколку брачните другари поинаку не се договорат.\nИмотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот.\nПравото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се нивен заеднички имот, во смисла на член 205 од овој закон се запишува во јавните книги на името на двајцата брачни другари како нивен заеднички имот.\nАко во јавните книги како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари, ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари.\nАко во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како сосопственици на определени делови, ќе се смета дека на тој начин извршиле делба на заедничкиот имот.\n22.2 Управување и располагање со имотот\nБрачните другари заеднички и спогодбено управуваат и располагаат со заедничкиот имот. Со својот дел во заедничкиот имот брачниот другар не може самостојно да располага, ниту да го товари со правно дело меѓу живите.\nБрачните другари можат да се договорат управувањето и располагањето со заедничкиот имот или со дел од него да го врши едниот од нив. Договорот може да се однесува на сите работи на управување и располагање или само на редовното управување или на точно определени работи. Кога не е поинаку договорено, управувањето опфаќа и располагање во рамките на редовното работење. Секој брачен другар може да го раскине договорот за управување или располагање со заедничкиот имот во секое време, освен кога со раскинувањето очигледно му се нанесува штета на другиот брачен другар.\nВо вршењето на работите кои ги надоместуваат во рамките на редовното управување со имотот потребна е согласност на другиот брачен другар, изразена во форма која се бара за соодветното правно дело.\nАко за управувањето со заеднички имот или за одделна работа во врска со управувањето, брачните другари не можат да се спогодат, а ниту еден од нив не бара делба, судот во вонпроцесна постапка може на предлог на еден од брачните другари, да определи потребни мерки кои се однесуваат на управувањето.\n22.3 Делба на заеднички имот\nЗа време на траењето и по престанокот на бракот, брачните другари можат спогодбено да го поделат заедничкиот имот или да побараат од судот тој тоа да го стори.\nСо делбата на заедничкиот имот меѓу брачните другари настанува режим на посебен имот.\nАко не дојде до спогодба, делбата на заедничкиот имот, на барање на еден брачните другари ја врши судот во вонпроцесна постапка. При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот имот судот тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови.\nПо барање на еден од брачните другари, судот може да му определи поголем дел од заедничкиот имот, ако тој докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар.\nПри делба на заедничкиот имот, на барање на брачниот другар во неговиот дел првенствено ќе се внесат оние предмети од заедничкиот имот кои служат за вршење на неговиот занает, односно дејност. Од заедничкиот имот ќе се издвојат и ќе му се предадат на брачниот другар, покрај неговиот дел и оние предмети стекнати со работа во текот на брачната заедница, кои служат исклучиво за негова лична употреба. Ако вредноста на предметите од ставовите 1 и 2 на овој член е несразмерно голема во однос на вредноста на сиот заеднички имот ќе се изврши делба и на тие предмети, освен ако брачниот другар кој овие предмети би требало да ги добие не ја надомести на другиот брачен другар соодветната вредност или на другиот брачен другар, со негова согласност, не му отстапи други предмети.\nНа брачниот другар на кого му се доверени заедничките деца на чување и воспитание му се даваат, покрај неговиот дел, и предметите кои им служат на децата или се наменети само за нивна непосредна употреба. При делбата на заедничкиот имот на брачниот другар на кого се доверени заедничките деца на чување и воспитание му се доделуваат и оние предмети за кои е очигледно дека е во интерес да бидат во посед и во сопственост на брачниот другар на кого децата му се доверени.\nАко при делбата на заедничкиот имот се утврди дека на еден од брачните другари му припаѓа значително помал дел, судот може на барање на еден од брачните другари да определи, тој дел на тој брачен другар, да му се надомести во пари.\n22.4 Одговорност за долговите спрема трети лица\nЗа обврските што еден брачен другар ги имал пред склучување на бракот, како и за обврските што ќе ги прими по склучувањето на бракот, не одговара другиот брачен другар. Брачните другари одговараат солидарно за обврските што едниот брачен другар ги примил спрема трети лица за намирување на тековните потреби на брачната заедница, како и за обврските што според општите прописи ги товарат обата брачни другари. Брачниот другар кој од својот посебен имот ја исполнил солидарната обврска има право да бара другиот брачен другар да му го надомести делот на обврската што паѓа на него.\nПодароците што брачните другари ги направиле еден на друг пред склучувањето на бракот или во текот на бракот не се враќаат.\nII\n23 Имотни односи на вонбрачни другари\nИмотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивни заеднички имот.\nПри делбата на тој имот соодветно се применуваат одредбите за делба на заедничкиот имот на брачните другари.\nIII\n24 Имотни односи на родителите и децата\nМалолетни деца можат да имаат свој имот кој ќе го стекнат на со закон определен основ. Со тој имот, освен со оној што малолетникот го стекнал со работа, до неговото полнолетство управуваат и располагаат родителите на малолетникот, на начин утврден со овој закон.\nАко родителите не живеат заедно, со имотот на детето управува родителот со кого детето живее, ако центарот за социјална работа на предлог на другиот родител, не одлучи поинаку.\nПриходите од имотот на своето дете родителите можат да ги употребуваат првенствено за негово издржување, воспитание и образование, како и за неопходните потреби на семејната заедница, доколку сами немаат доволно сопствени средства. Родителите можат со одобрение на центарот за социјална работа да го отуѓат или оптоварат имотот на своето дете заради негово издржување, воспитание и образование или ако тоа го бараат некои други интереси, како и кога тоа го бараат неопходни потреби на семејната заедница.\nОСМИ ДЕЛ\n= Судски постапки =\nI\n25 Заеднички одредби\nВо постапките во кои судот одлучува во брачните, семејните и други спорови од овој закон се применуваат одредбите на Законот за процесната постапка и Законот за извршната постапка, ако со овој закон не е поинаку определено.\nВо споровите од член 222 на овој закон, кога странките имаат заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право, постапката е итна.\nВо постапките од член 222 на овој закон јавноста е исклучена како на рочиштето за главна расправа, така и на рочиштето за обид за мирење. По исклучок, претседателот на советот, може да дозволи на рочиштето за главна расправа да присуствуваат научни и јавни работници, кои се занимаваат со проблемите на бракот и семејството, како и лица кои странките ќе ги предложат. Претседателот на советот може во согласност со странките да дозволи присуство на лицата од став 2 на овој член и на рочиштето за обид за мирење.\nВо споровите од член 222 на овој закон не е дозволено изречување на пресуда поради изостанок или пресуда врз основа на признание или пресуда врз основа на откажување, а е исклучено и судско порамнување, освен во споровите за издршка.\nВо споровите од член 222 на овој закон, постапката во прв степен ја води и одлуките ги донесува совет составен од еден судија и двајца судии поротници, а во втор степен совет од тројца судии. Во постапката за спогодбен развод на брак може одлука да донесе и судија поединец под условите определени со овој закон.\nКога судот одлучува по вонреден правен лек, одлучува во совет од пет судии.\nII\n26 Постапка во брачни спорови\nВо брачните спорови покрај судот од општа месна надлежност, месно надлежен е и судот на чија територија брачните другари имале последно заедничко живеалиште.\nПроцесната постапка во брачните спорови се поведува со тужба. Ако брачните другари бараат бракот да се разведе по заемна согласност, процесната постапка се поведува со тужба со спогодбен предлог за развод на бракот.\nПравото на тужба за поништување на бракот и за развод на бракот не преоѓа на наследниците. Наследниците од умрениот брачен другар кој ја поднел оваа тужба можат да бараат утврдување дека тужбата за поништување, односно за развод на бракот била основана.\nБарањето од став 1 на овој член може да се истакне во процес кој е веќе започнат од умрениот брачен другар, ако од неговата смрт не поминало повеќе од шест месеци. По истекот на овој рок постапката се запира.\nОдредбите од ставовите 1 и 2 на овој член соодветно ќе се применуваат и кога постапката е покрената по предлог за спогодбен развод на брак.\nАко брачниот спор се поведува преку полномошник, во полномошното треба да биде назначено видот на тужбата и причините поради кои тужбата може да се поднесе.\nЗа лицата од член 18 ставови 1 и 2 на овој закон, тужба може да поднесе неговиот старател само по претходна дозвола од центарот за социјална работа.\nТужениот може од своја страна да поднесе тужба за поништување на брак или за развод на брак кај судот кај кој е тужен (противтужба). Одлуките за двете тужби ќе се донесат со една пресуда.\nВо споровите за развод на брак тужителот може да ја повлече тужбата до заклучување на главната расправа без согласност на тужениот, а со согласност на тужениот додека постапката правосилно не е завршена. Откажување од тужбеното барање има правно дејство како повлекување на тужба.\nКога тужителот ја повлекол тужбата согласно со член 234 на овој закон судот ќе донесе решение со кое тоа ќе го утврди. Ако тужбата е повлечена по донесување на првостепена пресуда, првостепениот суд со решение ќе констатира дека тужбата е повлечена, дека пресудата е без правно дејство и дека постапката се запира. Изјавата за повлекување на тужбата се упатува до првостепениот суд и кога постапката, по правен лек, е во тек. Во таков случај првостепениот суд ќе ги побара списите од второстепениот суд и ќе донесе решение во смисла на став 2 на овој член. Ако изјавата за повлекување е дадена пред повисокиот суд, тој суд ќе му ја достави заедно со списите на надлежниот првостепен суд. Против решението од став 2 на овој член странките имаат право на жалба.\nПредлогот за спогодбен развод на брак, брачните другари можат да го повлечат се додека постапката правосилно не е завршена. Ќе се смета дека предлогот е повлечен и тогаш кога од предлогот ќе се откаже еден од брачните другари. Предлогот за спогодбен развод на брак може да се повлече со поднесок или на записник пред судот. Во случаите од став 1 на овој член судот донесува решение за запирање на постапката. Ако постапката се води пред второстепениот суд се применува одредбата од став 2 на член 235 од овој закон.\nПо приемот на тужбата за развод на брак или на предлогот за спогодбен развод на бракот, пред доставувањето на тужбата на тужениот, се спроведува постапка за мирење на брачните другари. Постапката за мирење на брачните другари нема да се спроведе ако:\n1. еден од брачните другари е неспособен за расудување;\n2. еден или обата брачни другари живеат во странство;\n3. едниот брачен другар е со непознато место на живеење подолго од шест месеци и\n4. по противтужба за развод на брак, без оглед кога е таа поднесена, а обидот за мирење на брачните другари по тужбата завршил безуспешно.\nАко брачните другари имаат заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право, постапката за мирење ја спроведува центарот за социјална работа. Во случаите од став 3 на овој член, судот во рок од осум дена доставува писмено известување до центарот за социјална работа, со податоци кога постапката за развод на брак е поведена, основните причини поради кои се бара развод на бракот и податоци за децата. Центарот за социјална работа е должен во рок од три месеци од приемот на известувањето, да ја заврши постапката за мирење на брачните другари. Ако брачните другари немаат заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право, постапката за мирење на брачните другари ја спроведува судот, ако истиот не оцени дека е целисходно мирењето да се отстапи на центарот за социјална работа. Постапката за мирење на брачните другари пред центарот за социјална работа се уредува со закон.\nКога постапката за мирење на брачните другари ја спроведува судот, претседателот на советот закажува посебно рочиште. Рочиштето за мирење се одржува само во присуство на претседателот на советот, без присуство на записничар.\nРочиштето за обид за мирење е посебно рочиште и тоа не смее да се спои со рочиштето за главна расправа.\nНа рочиштето за обид за мирење се повикуваат двајцата брачни другари лично да присуствуваат. Ако постапката за развод на брак е поведена со тужба, а еден или двајцата брачни другари, уредно поканети, не дојдат на рочиште за обид за мирење, ќе се смета дека мирењето не успеало. Ако постапката е поведена со предлог за спогодбен развод на бракот, а еден или двајцата брачни другари не дојдат на рочиште за обид за мирење, а не го оправдаат своето отсуство, ќе се смета дека предлогот бракот да се разведе по заемна согласност е повлечен. Во поканата за рочиштето за мирење ќе се наведе дека ќе настанат последици од ставовите 2 и 3 на овој член.\nАко на рочиштето за обид за мирење не дојде до помирување на брачните другари, а се оцени дека има изгледи да дојде до помирување, односно дека не е добиено цврсто уверување дека натамошното мирење е залудно, може да се определи ново рочиште за обид за мирење.\nПри обидот за мирење ќе се настојува да се испитаат причините што довеле до поведување на постапка за развод на бракот, ќе се обиде да се измират брачните другари, а по потреба ќе им се препорача да се обратат на предбрaчното и брачното советувалиште или друга установа која може да им даде потребен совет.\nКога ќе оцени дека тоа е во интерес на мирењето, претседателот на советот може да води разговор одделно со секој брачен другар.\nНа рочиштето за обид за мирење, како и во текот на целата постапка за развод на брак, судот соработува со центарот за социјална работа.\nЗа одржаното рочиште за мирење претседателот на советот составува службена белешка.\nАко обидот за мирење не успее, претседателот на советот, закажува рочиште за главна расправа и на тужениот му ја доставува тужбата за развод на брак, укажувајќи на присутната странка на последиците од недоаѓање утврдени во член 254 од овој закон.\nВо поканата за рочиште за главна расправа ќе се наведе, дека за тужителот ќе настанат последици од член 254 на овој закон ако не дојде на првото рочиште за главна расправа. За недоаѓање на наредните рочишта ќе се применат одредбите за мирување на постапката согласно со Законот за процесната постапка.\nПретседателот на советот не мора да закаже рочиште за главна расправа ако мирењето не успеало, а е поведена постапка за развод на брак со предлог за спогодбен развод на брак на брачни другари кои немаат заеднички деца. Во случај од став 1 на овој член, претседателот на советот, откако ќе утврди дека брачните другари, заемната согласност за развод на бракот ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо, донесува пресуда со која бракот ќе го разведе.\nАко во бракоразводниот спор се решава за чување, издржување и воспитание на децата, судот ќе го повика центарот за социјална работа да учествува на рочиштето заради заштита на интересите на децата и ќе му ги достави сите одлуки донесени во таа постапка. Во постапката од став 1 на овој член центарот за социјална работа ќе даде предлог за чување, издржување и воспитание на децата, а може, во границите на овој предлог, да изнесува нови факти и докази што странките не ги навеле, да вложува правни средства и да презема други процесни дејства во интерес на децата.\nИмотните спорови меѓу брачните другари освен споровите за издржување не може да се решаваат заедно со бракоразводниот спор.\nВо текот на постапката за бракоразводните спорови судот може со решение да определи привремени мерки заради давање издршка на заедничките деца и за нивно доверување на чување и воспитание. Привремените мерки од став 1 на овој член можат да се определат послужбена должност, по предлог на една од странките, како и на предлог на центарот за социјална работа. Привремените мерки од став 1 на овој член судот може да ги определи и во корист на брачниот другар, по негов предлог. Жалбата против решението од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не го задржува извршувањето на решението.\nПривремените мерки траат до правосилното завршување на постапката, но судот може по службена должност или по барање на една од странките нив да ги менува.\nКога бракот се разведува по заемна согласност на брачните другари, а брачните другари имаат малолетни или полнолетни деца над кои е продолжено родителското право, спогодбата од став 2 на член 39 од овој закон за начинот на вршењето на родителските права и за доверување на децата на чување и воспитание, се поднесува писмено или усно во записник кај надлежниот првостепен суд.\nАко кон предлогот за спогодбен развод на брак, не е доставена и спогодбата од став 1 на овој член, судот ќе постапи согласно со одредбите од Законот за процесната постапка за неуредни поднесоци.\nАко тужителот, односно неговиот полномошник не дојде на првото рочиште за главната расправа, ќе се смета дека тужбата за развод на брак е повлечена.\nЗа недоаѓање на странките на наредните рочишта ќе се применуваат одредбите од Законот за процесната постапка за мирување на постапката.\nКога постапката за развод е поведена по предлог за спогодбен развод, па на рочиштето за главна расправа изостане еден или двајцата брачни другари, а не го оправдале изостанокот иако се уредно поканети, ќе се смета дека предлогот е повлечен.\nПри оцена на спогодбата на брачните другари судот е должен да прибави мислење од центарот за социјална работа и доколку оцени дека спогодбата е спротивна на интересите на децата, ќе донесе своја одлука. Центарот за социјална работа е должен во рок од 15 дена од приемот на барањето од судот да даде мислење во смисла на став 1 од овој член. Мислење од став 1 на овој член судот ќе прибави од центарот за социјална работа и во споровите кога се бара развод на брак со тужба.\nФактите врз кои странките го засноваат тужбеното барање во брачниот спор, а странките во спорот имаат заеднички малолетни деца и кога тие факти се однесуваат на децата, судот може да ги утврдува и кога тие не спорни меѓу странките. Судот не смее да се впушти во испитување на вистинитоста на другите факти за кои дознал од исказот на странките или на друг начин, а кои би можеле да претставуваат друга бракоразводна причина како основа на тужбата.\nДоколку бракот се разведува по предлог за спогодбен развод на брак образложението на пресудата содржи само констатација дека брачните другари својата согласност за развод на брак ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо.\nПресудата со која се разведува бракот по предлог за спогодбен развод на брак може да се побива:\n1. поради суштествена повреда на одредбите на процесната постапка од член 354 став 2 на Законот за процесната постапка;\n2. поради погрешна примена на материјалното право и\n3. поради тоа што предлогот за развод на брак по заемна согласност бил даден во заблуда, под влијание на сила или закана и во случај ако за донесување на ова пресуда не постоеле услови одредени со овој закон.\nПротив првостепената пресуда од став 1 на овој член странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена. Жалбата во која се изнесени причините поради кои жалба не може да се изјави ќе се отфрли како недозволена. Против одлуката на второстепениот суд од став 1 на овој член не е дозволена ревизија.\nАко со правосилна пресуда бракот е разведен или поништен, одлуката за развод на брак, односно поништување на брак не може да се побива со вонредни правни лекови.\nОдредбите од членовите 251, 252 и 256 ќе се применуваат и на споровите со кои се бара поништување на бракот.\nIII\n27 Постапка во споровите за утврдување и оспорување на татковството и мајчинството\nВо споровите за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство, малолетното дете може да поднесе тужба или пред судот од општа месна надлежност или пред судот на чие подрачје има живеалиште, односно престојувалиште. Пред судот на своето живеалиште, односно престојувалиште детето може да поднесе тужба и по полнолетството, но само доколку тужениот нема живеалиште, односно престојувалиште на територијата на Република Македонија. Одредбите од став 1 на овој член се применуваат и во случаите кога детето поднесува тужба заедно со друго лице.\nКако странки во спорот за утврдување на татковство се лицето чие татковство се утврдува, детето и мајката на детето, а центарот за социјална работа само кога согласно со одредбите на овој закон е овластен да поведе постапка за утврдување на татковство. Како странки во спорот за оспорување на татковство се лицето кое го оспорува татковството, лицето чие татковство се оспорува, детето и мајката на детето. Кога татковството го оспорува мажот на мајката од подоцнежниот брак, како странка во постапката е и мажот на мајката од поранешниот брак.\nАко со тужбата за утврдување и оспорување на татковство како тужители и тужени не се опфатени сите лица кои мораат да бидат странки во постапката, судот ќе го подучи тужителот да го тужи и лицето кое со тужбата не е опфатено или да го повика лицето да се приклучи кон тужбата како нов тужител.\nАко тужителот во рокот што ќе го одреди судот не ја прошири тужбата на сите лица кои мораат да бидат странки во постапката или ако тие лица не се приклучат кон тужбата, судот по тужбата ќе постапи согласно со одредбите од Законот за процесната постапка за неуредни поднесоци.\nСтранките кои во тужбата за оспорување и утврдување на татковството или мајчинството се означени како тужители или тужени се единствени сопроцесници. Кога тужбата ја поднесува овластено лице во законски рок, на тужбата може да и се придружи и лице на кое му истекнал рокот за поднесување на тужба.\nАко детето и родителот, кој по законот го застапува детето, имаат спротивни интереси, центарот за социјална работа ќе му постави на детето старател за посебни случаи.\nВо споровите за утврдување или оспорување на татковството ќе се применуваат одредбите на членовите 234 став 2, 251 и 252 од овој закон. Во споровите за утврдување на мајчинството соодветно ќе се применуваат сите одредби како во споровите за утврдување или оспорување на татковството.\nАко во спорот за утврдување на татковството, тужениот го признае татковството, постапката се запира, а судот ќе постапи согласно со член 51 став 2 на овој закон.\nПостапката за оспорување на мајчинството се води одделно од постапката за утврдување на мајчинството. По исклучок од став 1 на овој член доколку постапката ја поведува жената која се смета за мајка на детето се води единствена постапка.\nОдредбите од член 257 на овој закон се применуваат и во споровите за утврдување и оспорување на татковството и мајчинството и за поништување на татковството утврдено со признание.\nВо споровите за утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, против правосилна пресуда е дозволена ревизија.\nIV\n28 Постапка во спорови за доверување на деца на чување и воспитание\nВо постапката заради доверување на деца на чување и воспитание судот не е врзан со барањата на странките.\nПротив второстепената одлука за доверување на деца на чување и воспитание е дозволена ревизија. Кога одлуката за доверување на деца за чување и воспитание се донесува во брачен спор, правните последици од оваа одлука настануваат оној ден кога ќе настанат и правните последици од пресудата со која се утврдува дека бракот не постои или се поништува или се разведува.\nV\n29 Постапка во споровите за издржување\nСо пресудата со која бракот се поништува или се разведува, судот ќе донесе одлука за издржување на лицата утврдени во член 179 од овој закон.\nОдлука за издржување на детето судот може да донесе и во спорови за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство, кога донесувањето на оваа одлука, со оглед на исходот на спорот и околностите на случајот, е можно и потребно.\nВо спорот за издржување нема да се применуваат одредбите од Законот за процесната постапка кои се однесуваат на постапката во спорови од мала вредност.\nВо споровите за издржување на малолетно дете или полнолетно дете над кое е продолжено родителското право се применува одредбата од член 272 на овој закон.\nЖалбата изјавена против одлуката на судот во споровите за издржување не го задржува нејзиното извршување.\nВо споровите за издржување е дозволена ревизија.\nVI\n30 Постапка на извршување\nЗа одлучување по предлогот за извршување на одлуката на судот со која се наложува да се предаде детето на родителот или на друго лице, односно установа на која детето е доверено на чување и воспитание, месно надлежен е судот според местото на живеење или престојување на родителот кој го бара извршувањето, како и судот на чија територија се наоѓа детето. За спроведување на извршувањето месно надлежен е судот на чија територија се затекнало детето.\nПри спроведувањето на присилно извршување судот води сметка за итноста на постапката и за потребата да се заштити личноста на детето. Судот, откако ќе ги оцени сите околности на случајот, ќе одлучи дали извршувањето ќе го спроведе со изрекување на парична казна против лицето кај кого се наоѓа детето или со одземање на детето од тоа лице. Ако целта на извршувањето не може да се постигне со изрекување и извршување на одлуката за парична казна, извршувањето ќе се спроведува со одземање на детето од лицето кај кого детето се наоѓа и со предавање на детето на родителот, односно друго лице или установа на која тоа е доверено на чување, одгледување и воспитание. Во постапката за извршување судот ќе побара помош од центарот за социјална работа.\nVII\n31 Преодни и завршни одредби\nПодзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.\nУправните и судските постапки покренати пред влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат според одредбите од овој закон.\nСтарателите поставени според досегашните прописи продолжуваат да работат според одредбите од овој закон.\nСо влегување во сила на овој закон престануваат да важат: Законот за брак (“Службен весник на СРМ” број 35/73, 28/74 и 13/78), Законот за односите на родителите и децата (“Службен весник на СРМ” број 5/73, 17/73), Законот за посвојување (“Службен весник на СРМ”, број 5/73, 17/73), Законот за старателство (“Службен весник на СРМ” број 5/73) и Законот за посебни процесни постапки во семејните спорови (“Службен весник на СРМ” број 13/78).\nПодзаконските прописи донесени врз основа на законите од став 1 на овој член ќе се применуваат до донесувањето на прописите од член 282 на овој закон.\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”", "subject": ["Сл. весник / РМ / 1992 / 80", "Закон за семејството"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB._%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_/_%D0%A0%D0%9C_/_1992_/_80_-_%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE", "word_count": 16685, "cyrillic": 0.998}
{"id": "5535", "title": "Коледарска песна", "text": "Цуцул стои на грутка па си шие ќесулка. Зашто му е ќесулка?\n- Да си збира парички. - Зашто му се парички? - Да си купе женичка.\n- зашто му е женичка ? - Да му роде детенца. - Зашто му се детенца?\n- Да му викат:; - Т'кар, т'кар, коледееее !\n/poem> Дл'годелски , Осоговски планини\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 0.981}
{"id": "5537", "title": "Коледарска песна (2)", "text": "Цуцул стои на грутка та си шие ќесулка. А шчо ќе му ќесулка?\n- Да си бере жирчок. - А шчо ќе му жирчок? - Да си рани прасето.\n- А шчо ќе му прасето? - Да му пушча лојца. - А шчо ќе му лојца?\n- Да си мазни стапчето. - А шчо ќе му стапчето? - Да си тепа бабата.\n- А шчо ќе му бабата? - Да му роди машко дете. - Како го викат?\n- Ајчин, бајчин! Коледе, коледе!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%282%29", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5539", "title": "Коледарска песна (3)", "text": "Цуцул пасе говеда покрај река Ситница, и отаде лисица:\n- Добро утро цуцуле! - Дал Бог добро лисице!\n- Шчо је врева у село? - Комар бек се женеше\nза мушичка девојка: еже - тапанарче,\nжелка - свирбаџија, мечка тесто валкаше,\nповеќе го лапаше, на мечиња даваше;\nпетел дрва цепеше, јаричка ѓи редешпе;\nвино пушчаше, повеќе растураше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%283%29", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5541", "title": "Коледарска песна (4)", "text": "Сива, сива галабице! Дека си се осивила?\n- Таму горе на небеси. Шчо имаше, шчо немаше?\n- Таму има мала Бога, мала Бога и Божиќа,\nси редеа златни чаши, златни чаши и канати! Утре је Божик!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%284%29", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5549", "title": "Коледарска песна (8)", "text": "Добро утро стара бабо! Дај ми колач и погача!\nНапи се вино и ракија, појди в племна - запали ја!\nSркни каша - попари се, косни риба - убоцај се!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%288%29", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5547", "title": "Коледарска песна (7)", "text": "- Сива, сива гулабице, од коде си долетала\nдо нашего господина? Шчо чинеше наш господин?\n- Ми правеше златни чаши, златни чаши и канати,\nда послужит млада Бога, млада Бога и Божиќа.\nБожик ми е на небеси, слава му е по се земја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%287%29", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5553", "title": "Коледарска песна (10)", "text": "Коледица варварица, бери пења за вечера\nмене ми се вечера, оти пиле ми загина,\nод море до море, во царичини дворои.\nЦарица го нагазила, и цревцата му истурила.\nЦиу цвиц ми сторило и пилето си умрело.\nПо битолцќи Кoледица меледица,\nи по неа Василица, и по неа дава, дава,\nеднаш ни сте во година како цвеќе во градина.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2810%29", "word_count": 63, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5555", "title": "Коледарска песна (11)", "text": "Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,\nогон да си палиме, за да се изгреиме,\nоти после ќе одиме, Коледа да викаме,\nкостење да збираме, за Бадник да јадиме,\nБожик да го чекаме, и прасе да јадиме.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2811%29", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5517", "title": "Слогница речовска (современ правопис)", "text": "Слогница речовска е првата печатена граматика на македонскиот јазик. Книгата е издадена во Софија во 1880 година од страна на Ѓорѓија Пулевски.\n1 Содржина\n*Насловна страница\n*Глава I\n*Глава II\n*Глава III\n*Глава IV\n*Глава V\n*Глава VI\n*Глава VII\n*Глава VIII\n*Последна страница\n2 Поврзано\n* Слогница речовска на стар правопис.\n* Ѓорѓија Пулевски", "subject": ["Слогница речовска"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0_%28%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81%29", "word_count": 53, "cyrillic": 0.84}
{"id": "5559", "title": "Коледарска песна (13)", "text": "Олеле, деде, паднало греде,\nотепало дете, дедо се влечи,\nбаба го плачи, и си го теши:\n- Молчи ми старче, кусо магарче,\nподај ми праче, да не ти к`лвнат,\nтвоите гурелки. Подај ми камче,\nда удрам петле; да не ти к`лвни,\nтвоите мрсулки.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2813%29", "word_count": 49, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5562", "title": "Коледарска песна (14)", "text": "Коледе леде\nпаднало греде\nутепало деде\nдеде се мачи\nбаба го квачи\nсо четири јајца\nгускини, шаткини.\nДенес е Коледе,\nутре е Божиќ\nќе колеме теле\nтеле вика леле\nне колете мене\nќе ви купам зеље\nда месите пита\nда јадете сите.\nКоледееееееееее…\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски коледарски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2814%29", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5567", "title": "Коледарска песна (16)", "text": "Отворете врата\nсребрена и златна,\nотворете златни порти\nколеде меледе\nви дојдоа мили гости\nколеде меледе\nмили гости коледари\nколеде меледе\nКоледе бабо Коледе\nКоледица меледица\nи по неа Василица\nеднаш ми е во година\nкако цвеќе во градина.\nКоледе бабо Коледе\nдај ми едно костенче\nедното за мене\nдругото за другарчето.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2816%29", "word_count": 57, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5565", "title": "Коледарска песна (15)", "text": "Кој што спие нека стане\nнека меси колачиња\nколачиња за дечиња…\nако нема колачиња\nнека даде јаболчиња,\nако нема јаболчиња\nнека даде паричиња, …\nако нема паричиња\nнека даде се што има…\nб’дња бабаааааааааааа Коледееееееееееее…\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2815%29", "word_count": 40, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5450", "title": "Рина Усикова/ Современиот литературен македонски јазик во споредба со други словенски јазици", "text": "За особеностите на литературниот македонски јазик на Семинарот е говорено, така да се рече, милион пати. Но оваа година, кога најмладиот литературен словенски јазик – македонскиот – навршува 60 години од својата официјална кодификација, време е да го споредиме неговиот систем со системите на други словенски јазици – пред сè со соседните словенски јазици – српскиот и бугарскиот, но исто така и со други словенски јазици, главно со рускиот. На таа попаушална споредба е посветен мојов реферат.\n1. По својот материјален состав, повеќето коренски морфеми, префикси, суфикси и флексии на глаголските и именските форми, македонскиот јазик спаѓа во јужнословенската група на словенските јазици.\n2. На лексички план, современиот литературен македонски јазик е многу близок до народно-разговорниот, бидејќи социолингвистички се однесува кон литературните јазици од „нов тип“ (термин на Д. Брозовиќ)\nкои прекинаа врски со црковнословенската традиција. При кодификацијата на македонскиот литературен јазик (1945 г.) се прокламираше дека лексиката ќе се зема од сите македонски дијалекти, меѓутоа терминолошка лексика не може да се земе само од дијалекти, и македонската терминологија се создаваше со помош на неологизми, со калкирање и заемање на српска терминологија и интернационализми преку српското посредство, зашто српскохрватскиот литературен јазик беше службен во целата федеративна Југославија, а македонскиот – само во Република Македонија и основната маса население во Македонија владееше српски јазик. Но последните петнаесет години, кога Македонија стана самостојна суверена држава, а македонскиот јазик – еден од јазиците во меѓународна комуникација, новата македонска лексика се создава и се зема без српско посредство. По својот лексички состав, современиот македонски литературен јазик е на ниво со развиените современи литературни јазици, богат е со современа терминологија, експресивна лексика и фразеологија, со формирани функционални стилови и е способен лексички да ги изрази сите нијанси и страни на околната стварност. И така, според лексичкиот состав, македонскиот литературен јазик е пред сè јужнословенски и е поблизок до српскиот отколку до бугарскиот, кој од социолингвистички аспект е поврзан со традицијата и има црковнословенски елементи во лексиката и дури во морфологијата (на пр. глаголски придавки). Од друга страна, македонскиот јазик е балкански, и неговата балканскост лексички се карактеризира со „умерен“ пуризам (термин на Л.Минова-Ѓуркова).\n3. Според граматичката структура што се пројавува главно на нивото на морфосинтакса, македонскиот јазик влегува во групата балкански јазици (таканаречен балкански јазичен сојуз) заедно со бугарскиот јазик, некои српски дијалекти, а исто така со албанскиот, романскиот, влашките дијалекти и новогрчкиот јазик.\n4. Како од соседните словенски јазици, така и од другите словенски, а и од повеќе балкански јазици, литературниот македонски јазик се одликува со акцентскиот систем, кој внатре во зборот не носи парадигматски туку фонетски карактер (третиот слог од крајот на зборот), но покрај тоа, акцентот засегнува и некои типови синтагми (прва вечер – прва вечер; му дадов – не мудадов; напиши – напиши му – напиши му го итн.).\n5. Од најблискиот по граматичка структура бугарскиот јазик (кој е истовремено и балкански) македонскиот литературен јазик честопати се одликува со средства за израз на некои балкански по потекло и структура граматички категории. На пр. во глаголскиот систем при изразување на\nверодостојност/неверодостојност. Така, во бугарскиот во перфектот се употребуваат само аористни -л-форми и помошниот глагол во 3-то лице не се испушта, а при изразување на прекажан аорист и имперфект, помошниот глагол во 3-то лице се испушта и се користи опозицијата на аористни и имперфектни -л-форми, што е невозможно во македонскиот, затоа што во него помошниот глагол секогаш се испушта во 3-то лице, а поради поврзана зависност меѓу видот и времето во перфектот може да се употреби и аористна, и имперфектна -л-форма, на пр.: тој плачел, но тој заплакал, додека во прекажани форми може да се употреби тој плачел, ќе плачел и тој заплакал, ќе заплачел). Во бугарскиот има посебни форми за недоверливо прекажување: той е рекъл (перфект) – тойрекъл (прекажан аорист) – той бил рекъл (недоверливо прекажување), а во македонскиот недоверливоста (неверодостојноста) се изразува имплицитно со прекажаните форми. За да се реализира можноста за изразување неверодостојни дејства со помош на перфектот од типот сум видел, сум дошол како граматички показател, во македонскиот глаголски систем се најдени други посебни формални средства: се формираат нови индикативни темпорални форми за перфект (и воопшто за категоријата резултатив), земени од југозападните македонски дијалекти од типот има видено, има дојдено. Со кодифицирањето на тие иновациски дијалектни форми, современиот литературен јазик ја отстранува категоријалната многузначност и амбивалентност на постари перфектни форми, а кодифицирањето на новите перфектни форми им го придава статусот на општонационални.\nВо глаголскиот систем на македонскиот и бугарскиот јазик, кој по својата структура скоро е ист, има и други формални разлики. Така, во двата јазика постои минато-идно време, но во македонскиот формата за\nминато-идно време се изразува со глаголската честица ќе + имперфект, а во бугарскиот – со помошен глагол во имперфект (щях, щеше, щеше, щяхме, щяхте, щяха) + да + форми на презент; во двата јазика има разлики и во глаголските форми за изразување претпосгавка и сомневање. Воопшто, за македонскиот е карактеристична граматикализација на бившата глаголска морфема со значењето ’vоlаrе‘ во честицата ќе и нејзиното пошироко користење за образување на понови аналитички глаголски форми.\n6. Секако, во глаголскиот систем на македонскиот литературен јазик и во системите на соседните литературни јазици има некои разлики што резултираат од историскиот развој на дијалектите. Пред с# ја имам предвид категоријата на глаголските придавки. Во српскиот и македонскиот останаа само еден вид глаголски придавки, кои во српскиот се образуваат само од преодни глаголи и означуваат пасив. Во литературниот македонски јазик исто така останаа глаголски придавки само од овој тип (по потекло – минати пасивни глаголски придавки), меѓутоа за разлика од другите словенски јазици тие глаголски придавки се образуваат од сите глаголи – свршени и несвршени, преодни и нeпрeодни, а можат да\nозначуваат и пасив, и актив, а исто така признаци на сегашоста и минатоста. Значењето на глаголската придавка во литературниот македонски јазик зависи од значењето на глаголот и од контекстот (на пр. легнат може да има и пасивно, активно значење; виден – пасив, дојден – актив, притоа глаголските темпорални форми од типот имам видено, имам дојдено секогаш имаат значење на активниот залог, додека составите од типот сум+ глаголска придавка зависно од глаголот може да имаат значење на пасивен залог (е напишан), или на конкретен резултат во активен залог (е дојден). Во разговорниот бугарски јазик, покрај пасивните глаголски придавки на -н/-т има активни минати глаголски придавки на -л (во\nмакедонскиот и српскиот л-формата се употребува само како дел од глаголска модално-темпорална форма). А бидејќи бугарскиот литературен јазик е поврзан со црковнословенската јазична традиција, во него има и други форми на глаголските придавки, на пр. активни за сегашно време на -ащ, -ящ, -ещ (решаващ, летящ, пишещ), кои скoро не се употребуваат во разговорниот бугарски јазик. И така, значењата и употребата на единствената глаголска придавка на -н/-т во македонскиот литературен јазик покажуваа уште една негова специфичност во споредба со соседните литературни словенски јазици.\n7. Некои граматички категории во македонскиот и во бугарскиот се разликуваат и со семантички можности, благодарејќи на разликите во формалното изразување. на пр.: тројниот член на именките во македонскиот јазик дава можност да се изрази и просторна положба на предметот кон говорникот, и преносно емоционален однос на говорникот кон блискоста на предметот (На пример: Колку одамна не сум го видел езерово! – може да каже еден охриѓанец во Америка, мислејќи на омиленото Охридско езеро).\n8. За литературниот македонски јазик повеќе од другите словенски јазици е карактеристична тенденцијата кон полна граматикализација и ширење на некои категоријални значења, изразувани со одредени морфеми, врз сите граматички зборовни класи, што им е својствено и на македонските дијалекти. Така, во граматикализацијата и анализатизацијата на начини за изразување на синтаксички функции и категоријални значења на различни видови (класи) зборови доста голема улога играат заменките, а имено: а) коренските морфеми на демонстративните заменки станале показатели на категоријата определеност кај именките (тројниот член), на определени прилошки определби за време (деновиве, утредента и сл.) и дури влегуваат во сферата на глаголот (разговорниот глагол онади/\nонадува); б) кратките форми на личните и повратните заменки покрај основното лексичко значење вршат службена аналитичка функција во синтаксата како показатели на директниот објект и дативниот објект на\nадресатот на дејство и како морфолошки показатели за преодноста / непреодноста на доста глаголи (се радува – радува; легнав – го легнав); в) коренските морфеми од квалитетни и количински заменски прилози во различни раздели на адјективните заменки ги граматикализираат признаците за квалитет (-ак-), а во некои раздели дури и за количина и величина (-от-), на пр.: како – каков – таков – некаков и т.н., колку – колкав – толкав – колкав годе, колкав било и т.н.\n9. За граматичкиот систем на литературниот македонски јазик е важно, исто така дека во процесот на развој на нови (балкански) категоријални значења кај некои стари (словенски) форми се развиваат нови\nкатегоријални признаци и значења, на пр., кај аористот и имперфектот – категоријално модално значење на веродостојноста и признак на лично сведоштво на говорникот за дејството. Така е и во бугарскиот јазик, зашто тие се балкански јазици.\nОд друга страна, при функционирањето на некои форми се појавува категоријална многузначност и амбивалентност, кога се изразуваат две значења наеднаш, или пак ни едното, ни другото, ама нешто средно меѓу нив. На пример: а) во бројот еден – неопределена заменка и неопределен член; б) во перфектот со сум +-л-форма – темпорално перфектно значење (резултатив), нова модална категорија за прекажување, начин за умозаклучок и претполагање, адмиратив (неочекуван резултат што предизвикува\nчудење на говорителот) – границите во значењата меѓу тие категории честопати се амбивалентни; в) во различните глаголски форми со честицата ќе што се наоѓаат на периферијата на функционално-семантичкото поле за темпоралноста се изразуваат идно време, минато-идно време,\nнеактуелно повторливо дејство во сегашно или минато, кондиционал, а исто така и редица амбивалентни значења меѓу нив; врз таа база се зараѓаат нови аналитички глаголски форми (ќе+да+ глагол) за нови\nмодални граматички категории, на пр. за претполагање, итн. Како балкански јазици, и македонскиот и бугарскиот имаат стремеж кон иста граматичка структура, но формалните средства за изразување на\nтаа структура во двата јазика доста се разликуваат.\n10. Стремежот кон пополна формална граматикализација го одликува македонскиот јазик од повеќето други словенски јазици, на пр.граматикализацијата на глаголскиот вид со вторични имперфекти (мак.\nсв. в. напише — несв. в. напишува, во буг. исто напиша — написвам, но во рус. само св. в. ниписатъ).\nВо македонскиот јазик, а делумно и во разговорните јужнословенски јазици бугарски и српски, образувањето на аналитичките форми за споредбени степени со помош на морфемите по- и нај- не им се\nсвојствени само на квалитетните придавки и прилози (како и во другите словенски јазици, но со свои форми за споредба), туку и на именки и глаголи, а во македонскиот литературен разговорен стил честиците по- и нај- може да се употребуваат и самостојно како синоними на прилози за мера и степен. На пример: мак. убав – поубав – најубав; рус. красивый – красывее / более красивый – самый красивый / наикрасивепшип; мак. мај- стор – помајстор – најмајстор, рус. мастер – мастер получше ~ самый\nлучшип /наилучший мастер; мак. тој знае – тој по знае – тој најзнае, рус. он знает – он лучше (болъше) знает ~ он знает болыие (лучше) всех.\nПоважни заклучоци од изнесеното:\nМакедонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици и лексички и социолингвистички како литературен јазик тој е поблизок до српскиот отколку до бугарскиот. Македонскиот литературен јазик како балканословенски структурно-типолошки е многу близок до бугарскиот. При сето тоа, современиот македонски литературен јазик значајно се одликува од сите други и словенски и балкански јазици лексички, фонолошки, прозодиски, а исто така со формалните средства за изразување на системот граматички категории. По 60 години развој, македонскиот литературен јазик го достигна нивото на потполно развиените современи литературни јазици како во лексичкиот состав, така и во граматиката.", "subject": ["Македонски јазик", "Историја на македонскиот јазик"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B8%D0%BD%D0%B0_%D0%A3%D1%81%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_%D0%A1%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA_%D0%B2%D0%BE_%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D1%81%D0%BE_%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B8_%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 1887, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5448", "title": "Волф Ошлис/ Проблемот на јазикот на Македонците во трудовите на раната германска македонистика", "text": "„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната реченица (од две) на најбитната одлука на историскиот состанок во мaнастирот „Св. Прохор Пчињски“, 2 август 1944-та г. Всушност, оваа реченица исто така ги маркира координатите на нашата наука, на македонистиката: „народниот јазик“ како основата, „службениот јазик“ како, речиси, надградбата од која истекуваат сите форми на поновата македонска писменост: административната комуникација, новинарството, книжевноста, лекискографијата итн. И секундарната последица на Прохор Пчињски е дека дури од тогаш ние, меѓународните македонисти, во целата длабочина и широчина можеме да се занимаваме со македонскиот јазик.\nМеѓутоа, едно прашање притоа гласи, како нашите „предци“, поранешните македонисти, го гледаа и го третираа јазикот на Македонците. Одговорот ни дава бројни податоци за стручниот и личниот профил\nна оние што далеку пред нас ги истражувале приликите во Македонија. Тоа важи пред сѐ за Германците, кои порано од други се заинтересирале за Македонците и се занимавале со нив, иако повеќето од нив всушност немале ни слух ни осет за едноставниот факт дека живи луѓе го зборуваат својот жив јазик. Токму со оглед на македонскиот јазик, можеме да откриеме неколку различни типови кај раните германски Македонисти што беа активни на крајот на 19 и на почетокот на 20 век. Првиот тип е оној ефикасен, лојален и досаден германски чиновник што може добро да работи во која било земја, но секогаш останува, речиси, „дома“, значи, во тесниот круг на својот германски уред, клуб, пејачко друштво, крчма. Овој тип беше претежно присутен во редовите на германските наставници и свештеници што работеа во странство, на пример во Цариград или Солун. Тие знаеa дека Солун се наоѓа во Македонија, но тоа за нив беше сосема небитно. Битни беа службата во германското училиште, излетот со „железницата Салоник – Монастир“ за Струмица кон тамошните Германци, посетата во „Искиб“ кај „малата германска\nколонија“ и така натаму. Макс Брунау, пред Првата светска војна протестантски свештеник во Солун, во 1925 г. ја објави својата книга „Германците во Македонија“. „Македонија“ беше за него „уредничката област на германскиот конзул во Солун под турската власт“, жителите беа „Бугари“, Илинденкото востание „бугарското востание“, а за македонскиот јазик Брунау ќе го каже следново: „Јазично се Бугарите и Србите толку блиску оти македонскиот бугарски јазик од двете племиња е прогласен како свој\nсопствен јазик со мали дијалектни промени, и затоа јазикот не е битен белег за луѓето“.\nЕден сличен тип како Брунау, но далеку повлијателен беше Генерал-Фелдмаршал Колмар Вилхелм Леополд Фрајхер фон дер Голтц (1843-1916), долги години најголемиот советник на турскиот „аскер“. Од него ја имаме книгата „Излет низ Македонија“ од 1894 г.: еден туристички опис на Македонија, можеби малку над просекот на ваквите творби, но не премногу занимлив од македонистичка гледна точка. Неговите историски белешки – за Александар, Самоил, Борис, Душан и други – го покажуваат како доста образовaн човек, неговите политички белешки за „српската пропаганда“ во Македонија како внимателен набљудувач на положбата, но општо земено Словените, камоли Македонците, него воопшто не го интересираат – дури „Искиб“ за него е „еден чисто албански град“. Сосема спротивно мислење имаше – и пишуваше – Германецот Херман Вендел (1884-1936), 1912 г. Најмладиот пратеник во германскиот Рајхстаг (Парламент) и до денешен ден славен како најдобриот познавач на Балканот во Германија и западна Европа. Како\nизразит србофил, Вендел беше еден претставник на оној став што го изразил веќе сто години порано германскиот историчар Леополд фон Ранке и што гласи кај Вендел вака: „Срби, Хрвати и Словенци један су народ (...), ако Југословени нису један народ, онда нису ни Немци“.\nШтом Вендел го споменува „српскиот народ“, тогаш тоа секогаш на некој начин ја подразбира „водечката улога на Србите кај јужните Словени“, исто во односот кон Македонците, како што пишуваше тој во\nсвојата книга „Македонија и мирот“, објавена во 1919 г. За Вендел Србите навистина биле најсвесниот народ на Балканот – јунаци во војната, родени демократи во мирот - но, за жал, Србите, вели Вендел, биле долго време најомразениот народ во очите на големите сили, и затоа за Македонците секогаш беше покорисно сами да се декларираат како „Бугари“, без да имаат определено национално чувство за една ваква декларација; а самото декларирање, започнато без која било пробугарска определба, подоцна\nстануваше „постојана навика“. И (вели Вендел понатаму) „националната неопределеност на Македонците“ исто така се изразува во нивниот однос кон сопствениот јазик: Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари – тие се (како и нивниот јазик) една развојна „предформа“ на Србите и на Бугарите, една мешаница од народот со една мешаница на јазикот што може да се развива, јазично и национално, во едниот или во другиот правец. Етничката самобитност на Македонците, макар подразвиена, е за\nВендел неоспорен факт, и „под влијание на воспитанието, навиката и околината, тие лесно можат да се претворуваат во добри Срби или добри Бугари“. Но, најдоброто решение на „македонското прашање“ би бил еден „општобалкански сојуз“ во кој сите балкански народи слободно можат да ги развиваат своите природни можности и духовни способности. Ретроспективно гледано, ставовите на Вендел се еден вид политички романтизам, но токму како таков овој романтизам беше едно предизвикување за бројните „македонски“ друштва, клубови и.т.н. кои тогаш дејствувале во Германија и Австрија, постојано повторувајќи го официјалниот став на Софија, дека „секој што во Македонија е Словен, тој е Бугарин“. Имено, во оваа смисла дојдоа веднаш реакции на Венделовите публикации, кои не се интересни.\nЕдна слична еманципација на Македонците како Вендел, значи, живот во рамките на една балканска федерација, бараше и Германецот Карл Штруп (1886-1940), денеска горе-долу заборавен, но во свое време\nеден славен правник, стручњак за меѓународно право, чие поголемо влијание на катадневната политика на државите му беше голем идеал. Една своевидна демонстрација на ставовите на Штруп е неговата книга\n„Правната положба на Македонците во Југославија“, 1929, објавена на француски јазик во Париз.\nВо оваа книга Штруп тврди дека Македонците со оглед на нивна народност, религија и јазик не се Срби, и тоа тој го докажува врз основа на една фантастична историја на Македонците од античките времиња, сѐ до современоста. Предноста и истовремено слабоста на книгата е дека сѐ што пишувал Штруп, на некој начин го црпел од други автори, и во тој однос тој бил работлив до крај, давајќи му на читателот еден опсежен преглед на дискусиите што тогаш биле во оптек. Но, така тој го избегна децидниот одговор како е тоа со јазикот на Македонците. Притоа, тој беше повеќе или помалку наклонет кон претставата дека јазикот на Македонците е многу сличен на бугарскиот јазик. Притоа, тој опсежно го цитира германскиот романист и бугарофил Густав Вајганд (1860-1930), од кого знаеме дека за него воопшто не постоел никаков „македонски“ јазик, туку само бугарскиот јазик – со „единствента разлика на акцентот во централно-македонските дијалекти“. Меѓутоа, со јазичниот аспект Штруп всушност не се занимаваше,\nбидејќи неговиот став кон „македонското прашање“ беше дека Македонците „во смислата на договорот за малцинствата од 19. септември 1919 г. се едно етничко малцинство“, со оглед на нивното „национално чувство“ (le sentiment national), дури еден „македонски народ“ (le peuple macédonien). Најдобро решение би било, според Штруп, една „независна македонска држава“ (un État indépendant macédonien) или „една федерална југословенска држава што ги опфаќа различните елементи на денешното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, на Македонија и на Бугарија, со исклучок на Грција“. Сите овие публикации имаат своја вредност, веќе поради своите бројни фусноти и долги списоци на цитираната литература – читај ја едната и познавај ги другите. Можеби, тие денеска можат да служат како повод или поттик за една од наредните научни дискусии да се занимаваме со улогата на бројните филства и фобства со кои беше дискутирано таканареченото „македонско прашање“. Поголема беше вредноста на малкуте публикации што воопшто не се грижеа околу политичките аспекти, туку просто рекоа дека Македонците зборуваат македонски, кој е рамноправен јазик во семејството на словенските јазици. Еден таков автор беше германскиот географ Карл Естрајх (1873-1947), кој ги опишувал Македонците и нивниот јазик на начин што понекогаш гласи како некој препис на Крсте Петков Мисирков. Или германсиот славист Алфонс Маргулиес (1897-1928), за кого политичките аспекти „не припаѓаат пред форумот на науката“, бидејќи самобитноста на македонскиот јазик не само што е неспорна, туку и лесно\nразбирлива штом се сеќава на јазикотворното влијание на „конзервативната“ Охридска книжевна школа.\nИ најсетне, германскиот географ Леонард Шулце Јена (1872-1955), кој во својата книга „Македонија – Сликите од пејсажот и културата“ (1927) ги отфрлил сите напори однадвор да ги подели Македонците според етнички, јазични и други критериуми за да им се досудува припадноста на некоја друга народност. Шулце Јена не само што велел дека Македонците имаат сопствен јазик, туку го внел тој јазик во долгите списоци со зборови – дури до зборовите како ќепенец, пенџере, ѕиври и многу други што со време фатиле доста „патина“. Со други зборови: многумина чекореле пред нас, но ние, современите македонисти, знаеме дека не вредат сите подеднакво. Ние ги следиме тие што го нашле вистинскиот пат.", "subject": ["Историја на македонскиот јазик", "Македонски јазик", "Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D0%BB%D1%84_%D0%9E%D1%88%D0%BB%D0%B8%D1%81/_%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0", "word_count": 1442, "cyrillic": 0.993}
{"id": "5569", "title": "Коледарска песна (17)", "text": "Цуцул стои на грутка та си шие ќесулка.\nА шчо ќе му ќесулка?\nДа си бере жирчок.\nА шчо ќе му жирчок?\nДа си рани прасето.\nА шчо ќе му прасето?\nДа му пушча лојца.\nА шчо ќе му лојца?\nДа си мазни стапчето.\nА шчо ќе му стапчето?\nДа си тепа бабата.\nА шчо ќе му бабата?\nДа му роди машко дете.\nКако го викат?\nАјчин, бајчин!\nКоледе, коледе!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2817%29", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "4003", "title": "Сл. весник / РМ / 2010 / 16 - Закон за здруженија на граѓани и фондации", "text": "I.\n1 ОПШТИ ОДРЕДБИ\n1.1 Предмет на законот\nСо овој закон се уредуваат начинот, условите и постапката за основање, регистрација и престанок на здруженијата, фондациите, сојузите, организационите облици на странските организации во Република Македонија, имотот со кој располагаат, надзорот, статусните промени и статусот на организациите од јавен интерес.\nОдредбите на овој закон не се однесуваат на политичките партии, црквите, верските заедници и религиозните групи, синдикатите, коморите и други видови на здружување уредени со посебни закони.\n1.2 Значење на изразите употребени во овој закон\nОдделните изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:\n1. „Организација” е секое здружение, фондација, сојуз, како и секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување, регистрирани согласно со одредбите на овој закон;\n2. „Дејност” е активност класифициранa според националната класификација на дејности со која организациите ги остваруваат своите цели утврдени со статутот;\n3. „Акт за основање” е актот со кој се основа организациjaта;\n4. „Имот” на организација се сите сопственички и други стварни права што организацијата ги стекнува над движните и недвижните ствари и правата кои основачите ги вложиле во организацијата и кои организацијата ги стекнала со своето работење;\n5. „Статут” е акт со кој се уредува дејноста, организационата поставеност и функционирањето на организацијата;\n6. „Статусни измени” означуваат присоединување, спојување и поделба на организацијата на начин и под услови определени со овој закон;\n7. „Други акти” се акти со кои се уредуваат односите што не се уредени со актот за основање или со статутот (правилник, одлука, деловник, програма и други акти);\n8. „Орган за надзор” е органот (надзорен одбор, комисија за ревизија или контролор) чии работи се поврзани со надзорот над работењето на организацијата;\n9. „Имотна маса“ се пари, ствари и/или права кои основачот ги отстапува и пренесува на фондацијата во постапката на основање;\n10. „Застапник” е лице или орган во организацијата (застапник на здружение, директор на фондација, или орган определен со статут), чии права, овластувања и одговорности се поврзани со раководењето на организацијата и застапувањето на организацијата во согласност со закон;\n11. „Одлучување без присуство” е начин преку кој членовите на органите се изјаснуваат, без одржување седница на органот или без прусуство на член на органот, а преку телефонска конференција, потпишување на актот или на друг начин уреден со статутот на организацијата;\n12. „Заверена изјава/согласност” е акт чиј потпис е заверен кај нотар;\n13. „Лице” е секое физичко и правно лице, освен ако не е нагласено дека е физичко лице или дека е правно лице;\n14. „Странска организација“, во смисла на овој закон, е странско или меѓународно здружение, фондација или друг облик на организација основана за остварување на заедничка цел која не е за стекнување добивка и е основана во согласност со правниот систем на странската држава;\n15. „Странско физичко лице“ е лице кое има живеалиште или престојувалиште во Република Македонија;\n16. „Организација со статус од јавен интерес” е организација која се стекнала со статус на организација од јавен интерес во согласност со овој закон;\n17. „Судир на интереси“ подразбира судир на овластувањата и должностите во врска со работењето на организацијата со приватниот интерес на лицето кое има овластувања и должности, во кои приватниот интерес влијае или може да влијае врз вршењето на овластувањата и должностите во врска со работењето на организацијата и\n18. „Цел” на организацијата е проектиран резултат или состојба која организацијата треба да ја постигне.\n1.3 Право на здружување\n(1) Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон.\n(2) Се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.\n1.4 Здружување на организации\n(1) Две или повеќе организации можат да се здружуваат во сојуз или друга форма на здружување, која може да стекне својство на правно лице, со регистрација во согласнот со овој закон.\n(2) Организациите можат да членуваат во меѓународни организации или на друг начин да соработуваат со нив.\n(3) Организациите кои се здружуваат во сојуз или друга форма на здружување, со здружувањето не го губат својството на правно лице.\n1.5 Стекнување својство на правно лице (правен субјективитет)\n(1) Организациите се стекнуваат со својство на правно лице со уписот во регистарот што го води Централниот регистар на Република Македонија (во натамошниот текст: Регистарот).\n(2) Здруженијата и фондациите не можат да се трансформираат во други видови на правни лица.\n1.6 Време на дејствување на организацијата и олеснување\n(1) Ако со актот за основање, односно со статутот на организацијата не е определено времето на траење на организацијата, се смета дека организацијата е основана на неопределено време.\n(2) Организациите имаат даночни и царински олеснувања во согласност со закон.\n1.7 Име на организацијата\n(1) Секоја организација регистрирана според одредбите на овој закон има име и скратено име ако тоа е предвидено со статутот и е запишано во Регистарот.\n(2) Името и скратеното име на организацијата јасно се разликуваат од имињата на другите организации кои се запишани во Регистарот.\n(3) Во името на:\n:* здружението е содржан зборот здружение или друг израз со слично значење определен со статутот на здружението,\n:* сојузот е содржан зборот сојуз или друг израз со слично значење определен со статутот на сојузот и\n:* фондацијата е содржан зборот фондација или друг израз со слично значење определен со статутот на фондацијата.\n(4) За прашањата за името кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од законот со кој се уредува име на фирма на трговско друштво.\n1.8 Употреба на зборот Македонија или име на единица на локалната самоуправа\n(1) Зборот Македонија и зборовите изведени од него како и неговите кратенки, може да се содржани во името на организацијата само со одобрение на Министерството за правда.\n(2) Ако во името на организацијата се содржани зборови со името на општината, односно градот Скопје, одобрение дава надлежниот орган на општината, на општините во градот Скопје и градот Скопје.\nII.\n2 ОСНОВНИ НАЧЕЛА\n2.1 Независност\nОрганизациите се независни во управувањето, определувањето и остварувањето на целите и дејностите утврдени со нивниот статут во согласност со Уставот и закон.\n2.2 Јавност и транспарентност\n(1) Работата на организацијата е јавна.\n(2) Јавноста на работењето на организацијата се остварува преку транспарентно објавување на статутите и другите акти на организацијата во согласност со статутот на организацијата.\n2.3 Непрофитност\n(1) Организациите не можат да се основаат за стекнување со добивка.\n(2) Организациите можат да вршат дејности со кои може да стекнат добивка, ако дејноста е поврзана со целите утврдени со статутот.\n(3) Ако во работењето на организациите се оствари добивка таа мора да биде употребена за остварување на целите утврдени со статутот.\n(4) Остварената добивка од ставот (3) на овој член не може да се распределува меѓу основачите, членовите, членовите на органите, директорите, вработените или кое било друго со нив поврзано лице.\n2.4 Непартиско дејствување\n(1) Организациите не можат да вршат активности на политичка партија, односно не можат да обезбедуваат директно или индиректно финансирање на конкретна политичка партија и да влијаат на изборите.\n(2) Како влијание на избори во смисла на ставот (1) на овој член се подразбира учество на организациите во избори и изборна кампања за одредена политичка партија и директно или индиректно финансирање на изборна кампања на политичката партија.\n2.5 Иницијативи во јавниот живот\nОрганизациите можат слободно да ги искажуваат и промовираат своите ставови и мислења за прашања од нивен интерес, да поведуваат иницијативи и да учествуваат во градење на јавно мислење и креирањето на политиките.\n3 ЗДРУЖЕНИЈА\n3.1 Основачи\n(1) Здружение можат да основаат физички и правни лица.\n(2) Здружение можат да основаат најмалку пет основачи од кои тројца од основачите мора да имаат живеалиште или престојувалиште, односно седиште на територијата на Република Македонија.\n(3) Здружение на граѓани може да основаат малолетни лица со навршена 15 - годишна возраст преку изјава за согласност за основање на здружение од нивниот законски застапник, за целите за кои се основа здружението во согласност со закон.\n4.1 Основање\n(1) Здружението се основа на основачко собрание.\n(2) На основачкото собрание се донесува акт за основање, програма, статут и се избираат органите на здружението. 3. Акт за основање\n(1) Актот за основање на здружението содржи:\n:* име, седиште и адреса на здружението,\n:* име, адреса или седиште и единствен матичен број на основачите на здружението и\n:* цели на здружението.\n(2) Актот за основање или негов дел може да се менува, ако за тоа има изречено волја на основачите додека трае процесот на регистрација.\n4.4 Статут и содржина на статутот\n(1) Здружението има статут.\n(2) Со статутот на здружението се уредуваат:\n:* името и седиштето,\n:* целите на здружението,\n:* дејностите со кои се остваруваат целите,\n:* начинот на одлучување за зачленување, исклучување и престанок на членувањето во здружението,\n:* правата, обврските и одговорностите на членовите,\n:* видот на органите и нивниот состав, начинот на избор и разрешување, траење на мандатот на членовите во органите и начинот на одлучување,\n:* застапувањето по закон,\n:* начинот на стекнување и располагање со средствата,\n:* начинот на донесување на финансиски и други извештаи,\n:* начинот на остварување на јавност и отчетност во работата,\n:* начинот на донесување, изменување и дополнување на статутот,\n:* начинот на одлучување за статусни промени и престанок на здружението,\n:* начинот на донесување на планови и програми,\n:* постапувањето со средствата и/или имотот во случај на престанок на здружението и\n:* други прашања утврдени со закон.\n(3) Со статутот на здружението можат да се уредат и:\n:* знакот и симболот на здружението,\n:* внатрешните организациони форми (подружници, ограноци и слично), ако ги има,\n:* начинот на донесување на другите акти,\n:* судир на интереси,\n:* начин на разрешување на спорни прашања и\n:* други прашања од значење за работата на здружението.\n3.4 Членување во здружение\n(1) Членувањето во здружението е доброволно.\n(2) Основачите се членови на здружението со еднакви права и одговорности, како и другите членови на здружението.\n(3) Физичко лице може да биде член на здружението независно од неговата возраст во согласност со статутот.\n(4) Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон.\n(5) Лицата со ограничена деловна способност или лицата на кои им е одземена деловната способност можат да бидат членови на здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон.\n3.5 Регистар на членови\n(1) Здружението води регистар на членови и евиденција на членовите на органите.\n(2) Пoдатоците од ставот (1) на овој член се ажурираат најмалку еднаш на две години.\n(3) Здруженијата ја гарантираат анонимноста на личните податоци на членовите кои тоа го побарале.\n(4) Податоците од ставот (1) на овој член се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.\n3.6 Управување на здружението\nСо здружението управуваат членовите непосредно или преку избраните претставници во органите на здружението.\n3.7 Собрание на здружението\n(1) Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат сите членови.\n(2) Со статутот може да се определи начинот на претставување на членовите на здружението во собранието на здружението, преку свои избрани претставници.\n3.8 Надлежност на собранието\nСобранието:\n:* донесува статут, програма и други акти,\n:* усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на својата веб страница,\n:* доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,\n:* одлучува за промена на целта на здружението,\n:* одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на здружението,\n:* избира и разрешува членови на органите,\n:* одлучува за статусните измени на здружението,\n:* одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на здружението и\n:* врши и други работи во согласност со статутот и актите на здружението.\n3.9 Работа на собранието\n(1) Собранието работи на седници.\n(2) Собранието, по правило, одржува седница најмалку еднаш годишно, а со статутот на здружението може да се определи и рок пократок од една година за одржување на седница.\n(3) Вонредна седница на собранието може да се одржи по писмено барање од една третина од членовите на здружението.\n(4) Вонредната седница на собранието од ставот (3) на овој член се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.\n(5) Начинот на свикување на собранието, работата и донесувањето на одлуките и одлучувањето без присуство, се уредуваат со статутот на здружението.\n3.10 Застапник на здружението\n(1) Здружението има едно или повеќе лица овластени за застапување на здружението (во натамошниот текст: застапник) избран, односно именуван на начин утврден со статутот.\n(2) Застапник на здружението може да биде деловно способно физичко лице кое има живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Македонија во согласност со закон.\n(3) Правата и обврските застапникот на здружението ги врши во согласност со закон, статутот и актите на здружението.\n3.11 Други органи на здружението\nСо статутот на здружението може да се предвидат и други органи на здружението.\n4 ФОНДАЦИИ\n4.1 Основање\n(1) Фондацијата е правно лице формирана за остварување на цел со стекнување и управување на имот и средства во согласност со овој закон.\n(2) Фондацијата се основа со имотна маса која изнесува најмалку 10.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народната банка на Република Македонија, изразена во пари, хартии од вредност или друг имот на денот на поднесувањето на актот за запишување во Регистарот.\n(3) Ако регистрацијата на фондацијата е утврдена со тестамент, а таа не е регистрирана во рок од 60 дена, имотната маса се распределува согласно со закон.\n4.2 Основачи на фондација\n(1) Фондацијата ја основаат еден или повеќе основачи.\n(2) Како основачи на фондацијата можат да се јават физички и правни лица.\n(3) Фондацијата се основа со акт за основање или како последна волја изјавена со тестамент или легат. 3. Акт за основање\n(1) Актот за основање на фондацијата содржи:\n:* име и седиште на фондацијата,\n:* име, адреса или седиште и единствен матичен број на граѓанинот или единствен матичен број на основачот на фондацијата,\n:* цели на фондацијата и\n:* висина на имотната маса со која се основа фондацијата изразена во пари за секој основач одделно.\n(2) Актот за основање може да содржи и други одредби за основање и дејствување на фондацијата, како и за правото на основачот да одлучува за промена на целта, името, начинот на донесување изменување и дополнување на статутот и престанокот на фондацијата.\n(3) Актот за основање се потпишува од основачите.\n4.3 Учество во управувањето\nНачинот на учеството на основачот во управувањето со фондацијата се уредуваат со статутот на фондацијата.\n4.4 Статут и содржина на статутот\n(1) Фондацијата има статут.\n(2) Со статутот се уредуваат:\n:* името и седиштето на фондацијата,\n:* целите на фондацијата,\n:* дејноста со која се остваруваат целите на фондацијата,\n:* внатрешната организација, видот и составот на органите, надлежностите, начинот на избор и разрешување на членовите на органите, траење на мандатот на членовите на органите и начинот на одлучување,\n:* законското застапување,\n:* начин на стекнување и располагање со средствата,\n:* начин за донесување на деловни, финансиски и други извештаи,\n:* начинот на остварување на јавност и транспарентност во работата,\n:* начинот на донесување, изменување и дополнување на статутот,\n:* начинот на одлучување за статусни измени и престанок на фондацијата,\n:* постапувањето со средствата на фондацијата во случај на престанок на фондацијата,\n:* начинот на донесување на планови и програми и\n:* други прашања утврдени со закон.\n(3) Со статутот на фондацијата може да се уреди и:\n:* знакот и симболот на фондацијата,\n:* внатрешните организациони форми на фондацијата (подружници, ограноци и слично), ако ги има фондацијата,\n:* начинот на донесување на другите акти,\n:* судирот на интереси и\n:* други прашања од значење за работа и начин на разрешување на спорни прашања на фондацијата.\n4.5 Лице одговорно за одобрување на статутот\n(1) Статутот е составен и одобрен во согласност со основачите, ако со актот за основање поинаку не е определено.\n(2) Ако фондацијата е основана со изјава согласно со членот 28 став (3) од овој закон, статутот го составува извршителот на тестаментот, односно легатот, освен ако со последната изјава на волја поинаку не е утврдено.\n4.6 Органи на фондацијата\n(1) Фондацијата има одбор и директор.\n(2) Со статутот на фондацијата можат да се предвидат и други органи.\n4.7 Одбор на фондацијата\n(1) Одборот е највисок орган на управување на фондацијата.\n(2) Основачот при основањето на фондацијата го именува одборот на фондацијата, освен ако со актот за основање или статутот поинаку не е определено.\n(3) Одборот на фондацијата работи на начин утврден со статутот на фондацијата.\n4.8 Надлежност на одборот\n(1) Одборот на фондацијата:\n:* донесува статут, програма и други акти;\n:* усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на својата веб страница,\n:* доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,\n:* одлучува за промена на целта на фондацијата,\n:* одлучува за внатрешната организација и организационите форми на фондацијата,\n:* избира и разрешува членови на органите,\n:* одлучува за статусни измени на фондацијата,\n:* одлучува за престанок на фондацијата и\n:* врши и други работи во согласност со статутот и актите на фондацијата.\n(2) Одборот на фондацијата ги има правата од ставот (1) на овој член, ако со актот за основање или со статутот на фондацијата основачот не ги задржал за себе овие права.\n4.9 Раководење со фондацијата\n(1) Со фондацијата раководи директор.\n(2) Фондацијата може да има еден или повеќе директори овластени за застапување на фондацијата, избрани на начин утврден со статутот.\n(3) Директор може да биде деловно способно физичко лице кое има живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Македонија.\n(4) Директорот своите права, обврски и одговорности ги врши во согласност со овој закон, статутот и актите на фондацијата.\n5 ОРГАНИЗАЦИОНИ ОБЛИЦИ НА СТРАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ\n5.1 Странско лице и странски организации\n(1) Како основачи и членови на организација согласно со овој закон можат да бидат и странски лица.\n(2) Лицата од ставот (1) на овој член ги имаат истите права и обврски, како и домашните лица, освен ако со закон поинаку не е определено.\n5.2 Странска организација\n(1) Странските организации можат да дејствуваат во Република Македонија преку подружница, канцеларија или друг организационен облик на странските организации кои имаат седиште на територијата на Република Македонија.\n(2) Во Република Македонија странските организации работат во согласност со одредбите на овој закон, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е уредено.\n5.3 Акт за основање\n(1) Организационите облици на странските организациии се основаат со акт на странската организација за нејзино основање во Република Македонија.\n(2) Актот од ставот (1) на овој член содржи:\n:* име и седиште на странската организација која основа организационен облик,\n:* целта на странската организација и целта на организациониот облик на странската организација и\n:* име и седиште на организациониот облик на странската организација.\n(3) Актот од ставот (1) на овој член го потпишува овластено лице на странската организација и се заверува пред нотар.\nVI.\n6 РЕГИСТРАЦИЈА\n6.1 Регистри\n(1) Регистарот води:\n:* регистар на здруженија и регистар на сојузи,\n:* регистар на фондации и\n:* регистар на организациони облици на странските организации.\n(2) Регистрите од ставот (1) на овој член се водат во пишан облик и како единствена централна електронска база на податоци кои се објавуваат на веб страницата на Регистарот и се запишуваат во Регистарот на други правни лица.\n(3) Формата, содржината и начинот на запишување и водење на регистрите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за правда.\n6.2 Содржина на регистрите\n(1) Во регистрите се запишуваат:\n:* полното име на организацијата и скратеното име ако го има,\n:* седиштето,\n:* актот за основање,\n:* датум на основање,\n:* име, презиме и единствен матичен број на граѓанинот и единствен матичен број на основачите,\n:* датум на донесување, односно изменување и дополнување на статутот,\n:* предвиденото време за кое организацијата се основа,\n:* цели и дејности,\n:* име, презиме и единствен матичен број на застапникот по закон,\n:* податоци за организациски единици (подружници, канцеларија и слично),\n:* податоци за статус на организација од јавен интерес,\n:* податоци за статусните измени,\n:* податоци за стечај и ликвидација,\n:* забелешка за започнување постапка за забрана на вршење на дејност,\n:* престанок на работа и\n:* број и датум на решение за запишување, за промена на податоци и решение за бришење на уписот во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон.\n(2) За фондациите освен податоците од ставот (1) на овој член, се запишува и почетната имотна маса.\n(3) За организационите облици на странските организации се запишува и:\n:* државата во која е регистрирана странската организација и седиштето на организацијата во таа држава и\n:* името на организациската форма и вид на странската организација согласно со прописите на државата во која е регистрирана странската организација.\n(4) За организациите со статус од јавен интерес се запишуваат името, презимето и единствениот матичен број на членовите на органот за надзор.\n6.3 Запишување во Регистарот\n(1) Запишувањето во Регистарот се врши со пријава за запишување која се поднесува во рок од 30 дена од денот на донесувањето на актот за основање, односно одлуката на странската организација за основање на организациониот облик на странската организација во Република Македонија.\n(2) Пријавата за запишување ја поднесува застапникот.\n(3) За запишувањето од ставот (1) на овој член во Регистарот, здруженијата и фондациите поднесуваат:\n:* акт за основање,\n:* статут,\n:* програма за дејствување,\n:* одлука за избор на органите и податоци за членовите на органите,\n:* одлука за избор на застапник по закон со неговите податоци,\n:* записник од основачкото собрание или извештај за основањето, и\n:* изјава заверена кај нотар потпишана од застапникот со која се потврдува дека вршењето на дејноста е во согласност со закон и дека се исполнети условите за упис.\n(4) За запишување во Регистарот на организациониот облик на странската организација со пријавата се поднесуваат:\n:* заверена фотокопија на актот за основање на странската организација и заверен превод за регистрација во странската држава во која е основана или друг документ што потврдува дека организацијата може да дејствува,\n:* заверена фотокопија на одлуката и заверен превод на одлуката на надлежниот орган за основање на организациониот облик во Република Македонија,\n:* фотокопија и заверен превод на статутот или друг соодветен акт,\n:* програма за дејствување во Република Македонија,\n:* заверена одлука и превод за изборот на органите со лични податоци на лицата кои членуваат во органите,\n:* заверен превод на одлуката и одлуката за избор на законски застапник со лични податоци, заверена фотокопија на исправата за идентификација на тоа лице и документ за регулиран престој, односно живеалиште во Република Македонија и\n:* заверен превод на одлуката за лице овластено од законскиот застапник за регистрација на организациониот облик на странската организација во Република Македонија.\n6.4 Решение за запишување\n(1) Регистарот е должен во рок од пет дена од денот на поднесувањето на пријавата за запишување да донесе решение за запишување во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон.\n(2) Решението за запишување во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон се доставува до подносителот на пријавата во рок од три дена од денот на донесувањето на решението.\n(3) Со решението за запишување во Регистарот се доставува фотокопија од статутот заверен со печат на Регистарот.\n(4) Со запишувањето во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон, организацијата се стекнува со својство на правно лице.\n6.5 Дополнување и одбивање\n(1) Ако Регистарот утврди дека пријавата за запишување во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон не е во согласност со членот 42 од овој закон ќе му укаже за тоа на подносителот на барањето и ќе определи рок од 30 дена во кој е должен да постапи по укажувањето.\n(2) Ако во определениот рок подносителот на барањето за регистрација не постапи по укажувањето, Регистарот со решение ќе го одбие барањето за запишување во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон.\n10.5 Право на жалба\nПротив решението на Регистарот со кое е одбиено барањето за запишување во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон организацијата има право на жалба до Комисијата за жалби утврдена со Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во рок од 15 дена од приемот на решението.\n6.7 Запишување за промена на податоци\n(1) Организациите кои извршиле промена на податоците кои се впишуваат во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон се должни во рок од 30 дена од денот на извршените промени да поднесат пријава до Регистарот за запишување на промените.\n(2) Пријава за извршените промени поднесува застапникот.\n(3) За запишување на промените на податоците во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон се применуваат одредбите за запишување утврдени со овој закон.\n6.8 Јавност на регистарот\nПодатоците во соодветниот регистар од членот 40 став (1) на овој закон се јавни и се објавуваат на веб страницата на Регистарот.\nVII.\n7 СРЕДСТВА ЗА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ\n7.1 Извори на финансирање\nОрганизациите средствата за финансирање ги стекнуваат од членарина, основачки влогови, доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија, легати, дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, како и приходи од инвестиции, дивиденди, камати, заеми и други приходи во согласност со закон и со статутот.\n7.2 Средства од буџетите\n(1) Организациите можат да добиваат средства од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.\n(2) Владата на Република Македонија и советите на општините, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје поблиску ги уредуваат условите за распределба и користење на средствата од ставот (1) на овој член.\n(3) Владата на Република Македонија, односно надлежните органи на државната управа и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје донесуваат годишни планови и програми за распределба на средствата од ставот (1) на овој член.\n(4) Органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје на својата веб страница ги објавуваат организациите кои ги добиле средствата од ставот (1) на овој член, како и целите на организациите за кои ги добиле тие средства.\n(5) Организациите кои добиле средства од ставот (1) на овој член доставуваат деловен и финансиски извештај до надлежниот орган на Државната управа, односно органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, во случаите кога користат средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа.\n(6) Даночни и царински олеснувања не може да се применат за средствата кои организацијата ги употребила спротивно на членовите 12 и 13 од овој закон.\n7.3 Употреба на средствата\n(1) Финансиските средства на организациите се употребуваат за остварување на целите на организацијата определени со статутот и програмата.\n(2) Членовите на органите на организациите и нивните застапници по закон се должни да управуваат и работат со внимание и во согласност со начелата на добро управување, во интерес на организацијата, а над личните интереси, односно во интерес на остварување на целите, во согласност со закон и статутот.\n(3) Средствата на организацијата не можат да се исплаќаат на членовите, основачите, членовите на органите, застапниците, вработените или со нив поврзани лица освен во случаи кога член на организацијата е корисник на услугите на организацијата во согласност со целите определени со статутот и програмата на организацијата.\n(4) Работата во органите на организациите по правило е доброволна, а членовите на органите на организациите можат да примаат надоместок на патни и дневни трошоци, како и надоместок за вршење на работи во органите на организацијата во согласност со закон.\n(5) Вработените имаат право на плата и надоместоци во согласност со закон и колективен договор.\n7.4 Одговорност за обврските\n(1) Организациите одговараат за своите обврски со целиот свој имот и средства.\n(2) Членовите на органите на организациите одговараат лично и неограничено за нивните обврски кон организацијата, за злоупотреба на средствата на организацијата, за постигнување цели што за нив како поединци се забранети или за злоупотреба на организацијата како правно лице за да им нанесат штета на своите доверители.\n7.5 Одговорност за штета\n(1) Членовите на органите на организациите и нивните застапници по закон се одговорни солидарно за штетата на организацијата предизвикана од нивната работа, ако таа е предизвикана со грубо невнимание или со намера да се предизвика штета, освен во случаите кога во одлучувањето го издвоиле своето мислење на записник или ако не учествувале во одлучувањето.\n(2) Барање за надоместок на штета поднесува органот определен со статутот или највисокиот орган, ако со статутот не е определен орган.\n7.6 Извештаи за работа\n(1) Организациите се должни на својата веб страница или на друг начин да ги објавуваат годишните извештаи за нивното работење.\n(2) Организациите се должни да подготват годишен финансиски извештај, да го достават до надлежниот орган во согласност со закон и да го објават на својата веб страница или на друг соодветен начин да го направат достапен до јавноста.\n(3) Извештаите од ставовите (1) и (2) на овој член, организациите се должни да ги објават најдоцна до 30 април за предходната година.\n7.7 Располагање со средствата во случај на престанок\n(1) Во случај на престанок на работата на организацијата, средствата што остануваат по намирување на обврските, се користат на начин утврден со статутот.\n(2) Ако со статутот не е определен примателот на средствата што остануваат по намирување на обврските од ставот (1) на овој член, тие средства се пренесуваат на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје на чие подрачје има седиште организацијата.\n(3) Во случај на престанок на организацијата со статус на јавен интерес, сретствата се пренесуваат на друга организација со статус од јавен интерес со иста или слична цел на дејствување или на општината на чие подрачје има седиште организацијата, за што одлучува давателот на сретствата. 8. Пренесување на средствата во случај на забрана за работа\nКога со одлука на надлежен суд се забранува работата на организацијата, имотот на организацијата се пренесува на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје на чие подрачје има седиште организацијата.\nVIII.\n8 НАДЗОР\n11.5 Орган за надзор\n(1) Организациите можат да имаат орган за надзор.\n(2) Органот за надзор ја следи примената на статутот и програмата, се грижи за работењето и имотот на организацијата и врши други работи на начин утврден со статутот.\n8.2 Надлежност за вршење на увид\n(1) Членовите на организацијата вршат увид во работата на органите на организациите.\n(2) Ако членовите на организацијата или членовите на органите на организацијата дознаат за неправилности во примената на статутот, или во финансиското работење, можат да побараат отстранување на неправилноста од органот определен со статутот, односно највисокиот орган ако со статутот не е определен друг орган.\n8.3 Надзор\nНадзор на законитоста на примената на одредбите од овој закон врши Министерството за правда.\nIX.\n9 СТАТУСНИ ИЗМЕНИ\n9.1 Поим и вид на статусни измени\nСтатусната измена подразбира присоединување, спојување и поделба на организацијата извршена врз основа на одлука донесена од органот во согласност со овој закон и статутот.\n9.2 Присоединување на организацијата\n(1) Присоединувањето е пренос на правата и обврските на една организација (организација што се присоединува) кон друга организација (организација што презема), врз основа на одлука и договор за присоединување.\n(2) Договорот за присоединување ги содржи имињата и седиштето на организациите, начинот за пренос на имотот на организацијата што се присоединува со опис на правата и обврските кои се пренесуваат.\n(3) Присоединувањето на една или повеќе организации кон друга се запишува во Централниот регистар.\n(4) За уписот на присоединувањето соодветно се применуваат одредбите за упис во регистарот утврдени во овој закон.\n(5) Со пријавата за упис се поднесуваат и одлуките од организациите кои учествуваат во присоединувањето за прифаќање на склучените договори за присоединување, во истоветен текст, договорот за присоединување и решение за упис во регистарот на организациите кои се присоединуваат.\n(6) Со уписот за присоединување во регистарот престанува да постои организацијата што се присоединува.\n9.3 Спојување на организации\n(1) Спојувањето е основање на нова организација на која се преминуваат сите права и обврски на две или повеќе организации кои се спојуваат.\n(2) Со спојувањето престануваат да постојат организациите коишто се споиле, а новонастанатата организација се смета за нова организација.\n(3) За новата организација соодветно се применуваат одредбите за основање на организација согласно со овој закон.\n9.4 Поделба на организации\n(1) Организацијата може да се подели на две или повеќе организации.\n(2) Одлуката за поделба на организацијата има правно дејство на акт за основање.\n(3) Поделената организација престанува да постои, а во постапката за упис на новонастанатите организации се применуваат одредбите за регистрација согласно со овој закон.\n(4) Организациите настанати со поделбата со денот на запишување во Регистарот одговараат солидарно за обврските на поделената организација.\n(5) Со барањето за запишување во Регистарот се поднесува и делбен биланс.\nX.\n10 ПРЕСТАНОК И ЗАБРАНА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА\n10.1 Престанок на организацијата\n(1) Организацијата престанува да постои ако е:\n:* донесена одлука за престанок на постоење во согласност со статутот,\n:* поминато двојно повеќе време од времето предвидено за одржување на седница на највисокиот орган утврден со статутот, а таа не е одржана,\n:* во две последователни години не е поднесена завршна сметка во согласност со закон,\n:* истечено е времето определено со статутот, кога основањето на организацијата е за определено време,\n:* статусна измена која предвидува престанок на постоењето,\n:* донесена одлука на надлежен суд,\n:* стечај и\n:* спроведена ликвидација.\n(2) Организацијата може да престане и ако бројот на членовите на организацијата се намали под бројот определен за основање.\n10.2 Поведување на постапка за престанок на организацијата\n(1) Одлука за престанок на организацијата врз основа на членот 63 став (1) алинеи 2, 3 и 4 и став\n(2) од овој закон донесува надлежниот суд на предлог на застапникот по закон, членовите на органите или членовите, во случаите кога не е донесена одлука за престанок на постоење од органот определен со статутот.\n(2) Постапката за престанок на организацијата пред надлежниот суд се води според одредбите на Законот за парничната постапка.\n(3) За престанокот на организацијата судот по службена должност го известува Регистарот.\n10.3 Забрана на работа на организацијата\nСе забранува работата на организацијата, ако:\n:* нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија,\n:* поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост,\n:* активности поврзани со тероризам,\n:* презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и\n:* се повредуваат слободите и правата на други лица.\n10.4 Поведување постапка за забрана на работата на организациите\n(1) Секој може да поднесе иницијатива за забрана на работата на организациите пред надлежниот јавен обвинител.\n(2) Ако надлежниот основен јавен обвинител според седиштето на организацијата по службена должност или по поднесената иницијатива оцени дека постојат причини за забрана на работата на организацијата во согласност со овој закон, ќе поднесе предлог до надлежниот суд.\n(3) Постапката за забрана е итна.\n10.5 Право на жалба\n(1) Против решението на основниот суд за забрана на работата на организацијата може да се поднесе жалба до надлежниот апелационен суд во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.\n(2) Основниот суд жалбата ја доставува до апелациониот суд во рок од три дена од денот на приемот на жалбата.\n(3) Апелациониот суд по жалбата одлучува во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата.\n10.6 Ликвидација\n(1) Ликвидација на организација се спроведува кога организацијата има доволно финансиски средства за покривање на своите обврски, а е донесена одлука\n(акт) за престанок на постоење од органот определен со статутот.\n(2) За прашањата за постапка на ликвидација кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од законот со кој се уредуваат прашања за ликвидација на трговски друштва.\n(3) Постапката за ликвидација е итна.\n10.7 Управување со организација во ликвидација\n(1) Со организацијата во ликвидација управува ликвидатор.\n(2) Ликвидатор се именува на начин уреден со статутот на организацијата или определен со одлуката за престанок на постоење на организацијата.\n(3) Со именувањето на ликвидаторот престануваат овластувањата на органите и на застапникот.\n(4) Застапувањето се пренесува на ликвидаторот со денот на отворање на постапката за ликвидација.\n(5) Одлуката за престанок со ликвидација и за именување на ликвидатор, се доставува до Регистарот во рок од три дена од денот на нејзиното донесување.\n(6) Во Регистарот се запишуваат податоците за ликвидаторот, а во името на организацијата се впишува ознака „во ликвидација”.\n10.8 Скратена постапка за ликвидација\n(1) Организацијата може да престане по скратена постапка за ликвидација, ако по донесувањето на одлуката за престанок на постоење од органот определен со статутот повеќето членови на собранието или застапниците на фондацијата и на странската организација, поднесат до Регистарот заверена изјава согласно со закон дека се намирени сите обврски кон доверителите и кон вработените во организацијата.\n(2) Лицата од ставот (1) на овој член одговараат солидарно за обврските на организацијата во рок од три години од денот на брише од Регистарот.\n(3) Организацијата која престанува по скратена постапка се брише од Регистарот, а се впишуваат имињата и живеалиштето, односно седиштето на лицата од ставот\n(1) на овој член, со назнака за нивната солидарна одговорност за обврските на организацијата.\n10.9 Постапка по спроведена ликвидација и стечај\n(1) Со средствата што остануваат по намирување на обврските, ликвидаторот постапува во согласност со овој закон и статутот на организацијата.\n(2) По предавање на средствата на примателот, ликвидаторот поднесува барање за бришење од Регистарот, со кое приложува и извештај за ликвидацијата или стечајот и изјава дека сите средства се поделени во согласност со закон и статутот.\n(3) Постапката за стечај на организациите се спроведува во согласност со закон.\n10.10 Бришење од Регистарот\n(1) Организацијата се брише од Регистарот врз основа на завршена ликвидација или стечај.\n(2) Со бришење од Регистарот организацијата престанува да постои како правно лице.\nXI.\n11 СТАТУС НА ОРГАНИЗАЦИЈА ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС\n11.1 Поим на статус на јавен интерес\nОрганизациите можат да се стекнат со статус од јавен интерес ако вршат дејности од јавен интерес, спроведување на програми и проекти на централно и/или локално ниво, самостојно или во соработка со органите на државната управа и органите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и користење на финансиски средства за реализација на активностите.\n11.2 Дејности од јавен интерес\nДејности од јавен интерес се:\n:* развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права,\n:* помош и заштита на лица со физички или ментален хендикеп, лица со попреченост во развојот и лица со посебни потреби,\n:* заштита на деца и младинци,\n:* заштита на маргинализирани лица и нивно социјално вклучување,\n:* заштита од злоупотреба на дрога, сексуално преносливи болести, малолетничка деликвенција, алкохолизам, проституција и трговија со луѓе,\n:* здравство, унапредување на здравјето и медицинска грижа,\n:* уметност, култура и заштита на културното наследство,\n:* аматерски спорт,\n:* заштита на животната средина и одржлив развој,\n:* локален и инфраструктурен развој,\n:* наука, образование и обука во образовниот процес,\n:* развој на етиката и моралот,\n:* хуманитарна и социјална помош, намалување на сиромаштијата,\n:* справување со елементарни непогоди,\n:* заштита и грижа за животни,\n:* заштита на потрошувачите,\n:* унапредување на добротворството и волонтерството и\n:* друга дејност од јавен интерес определен со овој или друг закон.\n11.3 Критериуми за јавен интерес\nЗдружението или фондацијата ќе се здобие со статус на организација од јавен интерес, ако:\n:* е регистрирана согласно одредбите на овој закон,\n:* дејноста од јавен интерес е главна приходна шифра во нејзиното работење,\n:* работењето и дејствувањето е насочено кон пошироката јавност и кон интересите на заедницата,\n:* има потребна организациска структура согласно овој закон,\n:* има кадровски капацитети потребни за дејност согласно со законот,\n:* има соодветни финансиски ресурси, односно вкупна вредност на имотот или годишен приход од минимум 1.500 евра во денарска противвредност според курсот на Народна банка на Република Македонија,\n:* има пропишано правила за судир на интереси и за обезбедување на транспарентност и јавност во работењето и\n:* не е во стечај или ликвидација и нема блокирана жиро сметка.\n11.4 Барање\n(1) Здружението или фондацијата поднесува барање за добивање на статус на организација од јавен интерес до Комисијата за организации со статус од јавен интерес.\n(2) Кон барањето се поднесува и:\n:* решение за запишување во Регистарот,\n:* статут,\n:* програма за работа за тековната година,\n:* опис на дејноста од јавен интерес дефинирана во статутот и активностите со кои е спроведувана,\n:* препорака од организации или институции со кои соработувале,\n:* опис на организациската структура,\n:* опис на кадровскиот капацитет потребен за дејност согласно со закон,\n:* изјава за судир на интереси од застапникот,\n:* информација за економска и финансиска состојба на организацијата,\n:* завршна сметка доколку здружението или фондацијата има заокружено еден фискален циклус,\n:* потврда дека не е отворена постапка за ликвидација и\n:* потврда дека со правосилна одлука не е изречена мерка на безбедност\n:* забрана на вршење на дејност.\n(3) Документите од ставот (2) на овој член не смеат да бидат постари од шест месеци и се доставуваат во оригинал или заверена копија на нотар.\n(4) Статусот од јавен интерес е непренослив на организациите настанати со статусни измени.\n11.5 Орган за надзор\n(1) Организацијата од јавен интерес има орган за надзор.\n(2) Органот за надзор:\n:* го следи спроведувањето на статутот и програмата на организацијата,\n:* се грижи за работењето и имотот на организацијата,\n:* го контролира начинот на работењето на органот на управување,\n:* поднесува извештај на собранието на здружението, односно на одборот на фондацијата и на органот од кој му се пренесени јавните овластувања најмалку еднаш годишно за финансиското и сметководственото работење,\n:* ја прегледува годишната завршна сметка и други акти на организацијата и\n:* врши други работи утврдени со закон и статутот.\n11.6 Неспојливост на функции\n(1) Членовите на органот за надзор не можат да бидат членови на други органи врз чија работа вршат надзор.\n(2) Вработените во организацијата не можат да бидат членови на органот за надзор.\n11.7 Определување на организации со статус од јавен интерес\n(1) Статусот на организациите од јавен интерес го определува Владата на Република Македонија по предлог на Комисијата за организации со статус од јавен интерес (во натамошниот текст: Комисијата).\n(2) Комисијата од ставот (1) на овој член ја формира Владата на Република Македонија.\n(3) Комисијата е составена од претседател и десет члена од кои по еден претставник од Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за млади и спорт, како и двајца претставници на организации регистрирани во согласност со овој закон.\n(4) Начинот и критериумите за избор, како и причините за престанок на вршењето на работата на претседателот и членовите на Комисијата од ставот (3) на овој член ги уредува министерот за правда со подзаконски акт.\n(5) Мандатот на претседателот и членовите на Комисијата е четири години.\n11.8 Надлежности на Комисијата\n(1) Комисијата ги врши следниве работи:\n:* дава предлози за доделување и престанок на статус на организација од јавен интерес,\n:* разгледува и дава мислења по деловни и финансиски извештаи за работата на организациите со статус од јавен интерес,\n:* предлага поведување прекршочна постапка и\n:* го утврдува годишниот извештај за својата работа за претходната година.\n(2) Комисијата донесува деловник за својата работа.\n(3) Извештајот од ставот (1) алинеја 4 Комисијата го објавува на својата веб страница.\n11.9 Административно-технички работи\n(1) Административно-техничките работи на Комисијата ги врши Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.\n(2) Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија\n:* Организационата единица за соработка со граѓански организации:\n:* подготвува предлози за доделување статус на организација од јавен интерес по доставено барање од страна на организациите,\n:* дава стручна и техничка помош на Комисијата во спроведувањето на нејзините активности,\n:* ги подготвува седниците на Комисијата,\n:* разгледува извештаи доставени од организациите со статус на јавен интерес и подготвува предлог до Комисијата за постапување по извештаите,\n:* одговара на прашања поставени од организациите со статус на јавен интерес и други заинтересирани лица,\n:* дава информации и совет за правните прашања што се однесуваат на организациите со статус на јавен интерес,\n:* доставува решение за доделување и одземање на статус од јавен интерес до Централниот регистар,\n:* одржува електронска база на податоци за работата на Комисијата и информација за регистрираните организации со статус на јавен интерес,\n:* ја следи работата на организациите со статус од јавен интерес,\n:* го објавува списокот на здруженија и фондации на кои им е доделен статус на организација од јавен интерес за претходната година и\n:* врши и други работи утврдени со овој и друг закон.\n11.10 Постапка за добивање на статус на организација од јавен интерес\n(1) Барањето за добивање на статус на организација од јавен интерес се поднесува до Владата на Република Македонија преку Комисијата.\n(2) Ако се утврди дека барањето не е комплетно, Комисијата ќе го повика подносителот на барањето и ќе му определи рок од 15 работни дена да постапи по укажувањето.\n(3) Ако во рокот од ставот (2) на овој член здружението или фондацијата не постапи по укажувањето, барањето ќе се смета дека не е поднесено.\n11.11 Право на тужба\n(1) Владата на Република Македонија донесува решение во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето.\n(2) Против решението на Владата на Република Македонија може да се поведе управен спор.\n(3) Управниот суд по тужбата одлучува во рок од 30 дена од денот на приемот на тужбата.\n11.12 Промени кои се забележуваат во Регистарот\nАко организациите го изменат актот за основање, или статутот со што би се изгубил статусот на здружение и фондација од јавен интерес, или други промени кои се забележуваат во Регистарот се должни да ја известат Комисијата во рок од 30 дена по извршената промена.\n11.13 Извештаи\n(1) Организацијата со статус од јавен интерес е должна за својата работа еднаш годишно да поднесе деловен и финансиски извештај, одобрен од органот определен со статутот, за својата работа до Владата на Република Македонија за усвојување, а најдоцна до 30 април во тековната година за претходната година.\n(2) Образецот за формата и содржината на извештаите од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за финансии.\n11.14 Ревизија\n(1) Здружението или фондацијата со статус од јавен интерес чиј годишен буџет е над 20.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија е должно да изврши независна годишна ревизија на своето финансиско работење, а ако има буџет над 100.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, е должно да изврши ревизија во согласност со меѓународните сметководствени стандарди.\n(2) Извештајот за ревизијата од ставот (1) на овој член се поднесува заедно со извештајот од членот 77 став (2) алинеја 4 на овој закон, најмалку еднаш годишно.\n11.15 Јавност на извештаите\nИзвештаите од членовите 85 и 86 на овој закон се јавни и се објавуваат на веб страницата на организацијата со статус од јавен интерес до 30 април во тековната година за претходната година.\n11.16 Олеснувања\nОрганизациите со статус од јавен интерес покрај даночните и царинските олеснувања утврдени во членот 7 став (2) на овој закон имаат дополнителни даночни и царински олеснувања во согласност со закон.\n11.17 Престанок на статус од јавен интерес\n(1) Статусот на организација од јавен интерес престанува:\n:* по барање на здружението или фондацијата,\n:* кога престанала да ги исполнува условите што се потребни за добивање на статусот организација од јавен интерес,\n:* ако не формира надзорен одбор и не постапува согласно со статутот,\n:* ако не поднесе извештај во роковите определени со овој закон,\n:* ако не поднесе ревизиски извештај во роковите согласно со овој закон и\n:* со своето работење не го одразува јавниот интерес за кој го добила статусот.\n(2) Владата донесува решение за престанок на статусот на организацијата од јавен интерес. Организацијата се известува за забелешките во однос на ставот (1) алинеи 2, 3, 4 и 5 од овој член и се одредува рок од 30 дена за нивно отстранување. Доколку организацијата не ги отстрани забелешките во наведениот рок, се донесува решение за престанок.\n(3) Комисијата донесува решение за престанок на статусот од јавен интерес.\n(4) Против решението од ставот (2) на овој член може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.\n(5) Организациите од јавен интерес на кои им престанал статусот на организации од јавен интерес се должни во рок од 30 дена до Комисијата да достават извештај за периодот од последниот извештај до моментот на престанокот на статусот.\nXII.\n12 ЈАВНИ ОВЛАСТУВАЊА\n(1) На организациите може да им се довери вршење на јавно овластување, со пренесување на надлежности од орган на државна управа, од орган на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и други органи кои имаат јавни овластувања, во согласност со закон.\n(2) Јавното овластување од ставот (1) на овој член се доверува врз основа на програма на организацијата на начин и постапка за доверување на вршењето на јавното овластување, по објавен јавен повик во средствата за јавно информирање.\n(3) Критериумите, начинот и постапката на доверување на вршењето на јавното овластување се утврдуваат со закон од соодветната област.\n(4) На организациите може да им биде одземено вршењето на јавното овластување, поради злоупотреба или невршење на довереното овластување на начин и во постапка утврдени со закон.\nXIII.\n13 ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата која врши дејност што не е во согласност со нејзините цели утврдени со статутот од членовите 18 и 31 на овој закон.\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата која во правниот промет не го користи името кое согласно со членот 41 од овој закон е запишано во Регистарот.\n(1) Глоба во износ од 300 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на застапникот ако во рокот од 30 дена утврден во членот 46 од овој закон не поднесе пријава до Регистарот за запишување на промените.\n(2) Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече и на организацијата за прекршокот од ставот (1) на овој член.\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата која средствата на организацијата не ги користи во согласност со членот 50 од овој закон.\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата која не ги објавува извештаите за финансиското работење согласно со членот 53 од овој закон.\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата која нема да ја извести Комисијата за промените од членот 84 на овој закон.\n(1) Глоба во износ од 300 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во организацијата со статус од јавен интерес ако не поднесе наративен и финансиски извештај согласно со членот 85 од овој закон.\n(2) Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече и на организацијата за прекршокот од ставот (1) на овој член.\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата со статус од јавен интерес ако не изврши годишна ревизија на своето финансиско работење и не поднесе извештај согласно со членот 86 од овој закон.\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата со статус од јавен интерес ако не ги објави извештаите согласно со членот 87 од овој закон.\nГлоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на организацијата со статус од јавен интерес ако во рок од 30 дена не достави извештај до Комисијата согласно со членот 89 став (4) од овој закон.\nПред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка на сторителот за прекршок ќе му се понуди порамнување од Министерството за финансии како надлежен орган за контрола на финансиското работење на организациите.\nXIV.\n14 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nВо рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се донесат подзаконските акти утврдени со овој закон.\nЗапочнатите постапки за регистрација на организациите започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат според одредбите на овој закон.\n(1) Организациите се должни во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат актите со овој закон и да извршат пререгистрација во Регистарот.\n(2) За организациите кои биле запишани во Регистарот, пререгистрацијата во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се врши без плаќање на такса или друг вид на надоместок.\nИмотот и средствата доделени на општествените организации и здруженија на граѓани добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници се државна сопственост.\n(1) Здруженијата на граѓани правни следбеници на општествените организации и здруженија ќе го користат имотот во државна сопственост под закуп, доколку се користи за целите и задачите на здружението на граѓани согласно со закон.\n(2) Имотот од ставот (1) на овој член не може да биде предмет на издавање под закуп од страна на закупецот - организацијата.\n(3) Здруженијата на граѓани правни следбеници на општествените организации и здруженија формирани за хуманитарни цели ќе го користат имотот во државна сопственост под закуп без надоместок, доколку тој се користи за целите и задачите на здружението на граѓани.\n(4) Закупниот однос меѓу здружението на граѓани и државата се уредува со договор согласно со закон.\n(5) Договорот за закуп во име на државата го склучува органот на државната управа определен со закон.\nВо рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се формира Комисијата од членот 79 став (2) на овој закон.\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон Регистарот е должен да го усогласи водењето на регистрите утврдени со членот 40 став (1) од овој закон.\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за здруженијата на граѓани и фондациите („Службен весник на Република Македонија” број 31/98 и 29/2007).\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, освен одредбите од Главата XI. Статус на организации од јавен интерес кои ќе започнат да се применуваат шест месеци од денот на неговото влегување во сила.", "subject": ["Закон за здруженија на граѓани и фондации"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB._%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_/_%D0%A0%D0%9C_/_2010_/_16_-_%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B7%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%B8_%D1%84%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8", "word_count": 8993, "cyrillic": 0.999}
{"id": "5571", "title": "Коледарска песна (18)", "text": "Цуцул пасе говеда покрај река Ситница, и отаде лисица:\nДобро утро цуцуле!\nДал Бог добро лисице!\nШчо је врева у село?\nКомар бек се женеше\nза мушичка девојка: еже - тапанарче,\nжелка - свирбаџија,\nмечка тесто валкаше,\nповеќе го лапаше,\nна мечиња даваше;\nпетел дрва цепеше,\nјаричка ѓи редешпе;\nвино пушчаше,\nповеќе растураше.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2818%29", "word_count": 56, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5573", "title": "Коледарска песна (19)", "text": "Сива, сива галабице!\nДека си се осивила?\nТаму горе на небеси.\nШчо имаше, шчо немаше?\nТаму има мала Бога,\nмала Бога и Божиќа,\nси редеа златни чаши,\nзлатни чаши и канати!\nУтре је Божик!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2819%29", "word_count": 39, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5579", "title": "Коледарска песна (22)", "text": "Сива, сива гулабице,\nод коде си долетала\nдо нашего господина?\nШчо чинеше наш господин?\nМи правеше златни чаши,\nзлатни чаши и канати,\nда послужит млада Бога,\nмлада Бога и Божиќа.\nБожик ми е на небеси,\nслава му е по се земја.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2822%29", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5581", "title": "Коледарска песна (23)", "text": "Добро утро стара бабо!\nДај ми колач и погача!\nНапи се вино и ракија,\nпојди в племна - запали ја!\nСркни каша - попари се,\nкосни риба - убоцај се!\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2823%29", "word_count": 32, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5585", "title": "Коледарска песна (25)", "text": "По битолцќи Кoледица меледица,\nи по неа Василица, и по неа дава, дава,\nеднаш ни сте во година како цвеќе во градина.\nЗбирајте се дечиња, стред село на грејачка,\nогон да си палиме, за да се изгреиме,\nоти после ќе одиме, Коледа да викаме,\nкостење да збираме, за Бадник да јадиме,\nБожик да го чекаме, и прасе да јадиме.", "subject": ["Кузман Шапкарев", "Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2825%29", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5583", "title": "Коледарска песна (24)", "text": "Коледица варварица, сива, сива гулабица\nдолетала од планина, и донесла убаина.\nКоледица варварица, бери пења за вечера\nмене ми се вечера, оти пиле ми загина,\nод море до море, во царичини дворои.\nЦарица го нагазила, и цревцата му истурила.\nЦиу цвиц ми сторило и пилето си умрело.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Кузман Шапкарев", "Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2824%29", "word_count": 52, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5589", "title": "Коледарска песна (27)", "text": "Олеле, деде, паднало греде,\nотепало дете, дедо се влечи,\nбаба го плачи, и си го теши:\nМолчи ми старче, кусо магарче,\nподај ми праче, да не ти к`лвнат,\nтвоите гурелки. Подај ми камче,\nда удрам петле; да не ти к`лвни,\nтвоите мрсулки.", "subject": ["Македонски народни песни", "Кузман Шапкарев"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2827%29", "word_count": 44, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5595", "title": "Македонска народна еротска песна (1)", "text": "А бре, Петре, седиш дома\nЈадиш гомна,\nТолчиш вошќи на подлошќи!\nФати го кучето,\nУдри го од лесата,\nЈади му од месата,\nУдри го од вршникот,\nЈади му трбушникот,\nПовлечи го по мразот,\nЈади му од газот,\nУдри го од лаурот\nЈади му од паурот,\nПовлечи го од тревата,\nЈади му од цревата,\nУдри го со пратот,\nЈади му го стапот,\nО, о, о, коледе, коледе!", "subject": ["Македонски народни еротски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%281%29", "word_count": 66, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5616", "title": "Македонска народна еротска песна (10)", "text": "Ас сам Џиџи Фурламата,\nДрта путка в махалата,\nСисите ми се до папа -\nМога да си ги настапа!\nЕдин стари пич ми рече:\nЏиџи, не го дигаш вече!\nЈа, како стара ороспија,\nМу избих една чакија!", "subject": ["Македонски народни еротски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2810%29", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5622", "title": "Македонска народна еротска песна (13)", "text": "Баба оди по Бабуна\nБо-о-са, бо-о-са,\nЈа апнала за пичката\nО-о-са, о-о-са!\nДури дедо дотрча,\nна баба и' отече,\nна дедо му рипна,\nна баба и' го пикна!", "subject": ["Македонски народни еротски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%2813%29", "word_count": 36, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5766", "title": "Павле Раковчето", "text": "Што ми стана Павле,\nПавле Раковчето,\nШто ми стана Павле,\nПавле Раковчето,\nПавле, Раковчето,\nМоре Павле, Павле јуначето.\nМи кинисал Павле во село Буково,\nМи кинисал Павле во село Буково,\nПо село Буково на гости канет.\nМи кинисал Павле во село Буково,\nВо село Буково на гости канет.\nМи стигнал Павле во село Буково,\nМи стигнал Павле во село Буково,\nВо село Буково на којна качен.\nНа којна качен среде сред селото,\nМи вишол Павле крај во селото,\nМи вишол Павле крај во селото,\nКрај во селото млади невести,\nМлади невести фурна гореле.\nМи опитал Павле млади невести,\nМи опитал Павле млади невести,\nМлади невести зошто вие фурна горите,\nАли леб ќе печите, али месо ќе печите.\nНиту месо ниту леб ќе печиме,\nАма тука Павле, Павле Раковчето,\nжив ќе го печиме.\nМи се качил Павле на чесна трпеза,\nМи се качил Павле на чесна трпеза,\nНа чесна трпеза, рака да макни,\nрака да макни, со главни луѓе,\nрака да ми макни, со главни луѓе.\nСо левата рака макни, а со десната пишчолот го држи,\nсо левата рака макни, а со десната пишчолот го држи.\nПочекајте луѓе за два минути,\nза два минути, пак назад ќе се вратам.\nпак назад ќе се вратам,\nголем бакшиш ќе ви донесам.\nСлегва по скалата, јавна којно,\nи во Раково се најде.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%A0%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BE", "word_count": 223, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5821", "title": "Решение за основање на весник на АСНОМ", "text": "1 Член 1\nУстановјава се како државен орган весник.\n2 Член 2\nОва решение влегува во сила од денот на објавувањето.\nВо манастирот „Св. Отец Прохор Пчински“\n2-5 септември 1944 година.\nЗА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ\n:Секретар\n:Вл. Полежина, с.р.\n:Претседател\n:Методија Андонов - Ченто, с.р.", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност", "Македонија во Втората светска војна"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5819", "title": "Решение за поделба на Македонија на области, околии и општини", "text": "1 Член 1\nМакедонија е поделена на следните четири области: Скопска, Битолска, Штипска и Кичевско-дебарска. Областите натака се делат на околии и општини.\n2 Член 2\nОва решение влегуе во сила со денот на објавувањето.\nВо с. Рамне, на 6 август 1944 година.\nЗА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ\n:Секретар\n:Вл. Полежина, с.р.\n:Претседател\n:Методија Андонов - Ченто, с.р.", "subject": ["Македонија во Втората светска војна", "Документи за македонската историја и самобитност"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%2C_%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B8_%D0%B8_%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5776", "title": "Молитва (Виолета Томовска)", "text": "Дај ми Боже сила небесна,\nда се кренам, да се извишам,\nкако ѕвезда јас да огреам,\nхимна да му запеам.\nНека расте, о Боже, родот убав мој,\nзлатен дожд од мудрост долго нека пие,\nнека биде, о боже, вечен родот мој,\nнека е што не сме ние.\nДај ми, Боже, љубов ангелска,\nплодно семе јас да посеам,\nда се роди жито медено,\nвино зрело светено.\nНека расте, о Боже, родот убав мој\nзлатен дожд од мудрост долго нека пие,\nнека биде, о Боже, вечен родот мој,\nнека е што не сме ние.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни", "Македонски песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%28%D0%92%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%A2%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%29", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5823", "title": "Решение за забранување трговија со окупираната територија", "text": "1 Член 1\nЗабранува се секое преносење стоки, од секаков вид, од слободната територија на територијата окупирана од Германците.\n2 Член 2\nИзузетно е позволено да се изнесе, со дозволение на НОО, работен добиток нужен за земјоделците од селата блиски до ослободената територија.\n3 Член 3\nОва решение влегува во сила со денот на објавувањето.\nВо с. Горно Врановци\n21 октомври 1944 год.\nЗА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ\n:Секретар\n:Вл. Полежина, с.р.\n:Претседател\n:Методија Андонов - Ченто, с.р.", "subject": ["Македонија во Втората светска војна", "Документи за македонската историја и самобитност"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D1%81%D0%BE_%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5812", "title": "Закон за знамето на Република Македонија", "text": "Со овој закон се утврдува знамето на Република Македонија.\nЗнамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со\nпроширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.\nЛиковно- графичкиот приказ на знамето на Република Македонија е составен дел на овој закон.\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 50/92).\nОвој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 137, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5815", "title": "Закон за знамето на Република Македонија (1992)", "text": "Со овој закон се утврдува знамето на Република Македонија.\nЗнамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на дијаметарот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да се применува постојното знаме на Република Македонија утврдено со Уставот на Република Македонија од 1974 година.\nОвој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.", "subject": ["Закони на Република Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281992%29", "word_count": 175, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5780", "title": "Платформна декларација за обединувањето на македонското револуционерно движење", "text": "1. ВМРО, во својство на вистинска револуционерна сила, се бори за ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно самостојна (независна) политичка единица, во нејзините природни етнографски и географски граници. Таа смета дека политичкото постоење на Македонија може да биде гарантирано само во сојузот на самостојно определените балканска народи во формата на една Балканска федерација, којашто единствено ќе може да ги парализира анексионистичките стремежи на постојните балкански држави, да го осигури правилното разрешување на сите национални спорови, да го гарантира културниот развиток на сите етнографски малцинства.\n2. Во својата борба за ослободување на Македонија и за образување на Балканска федерација, ВМРО смета пред се на обединетите сили на целото македонско население во соработка со револуционерните движења на другите балкански народи. А доколку остварувањето на таа задача зависи од меѓународната положба, таа смета исклучително на моралната поткрепа на европските револуционерни и прогресивни струи, а најглавно на сестраната морална и политичка поткрепа на СССР, кој денеска се јавува како единствена држава што се бори за ослободувањето на сите угнетени народи, за нивното вистинско самоопределување и федерирање и кој во својата балканска политика нема никакви империјалистички цели.\n3. ВМРО ќе ја засили на најрешителен начин својата борба како против српската а грчката, така и против бугарската влада, кои се јавуваат или можат да се јават како орудија на свои или туѓи империјалистички стремежи спрема Македонија. Во таа смисла организацијата прекинува секаква врска и со софиските влади и ќе води борба против нивната политика.\n4. Ценејќи го огромното значење на единствениот револуционерен фронт на Балканот за борба против балканскиот и европскиот империјализам, ВМРО најискрено ќе го даде целото свое содејство за поскорешното остварување на единствениот балкански револуционерен фронт, ќе влезе во близок контакт и ќе ја усогласува својата борба со борбата на сите вистински револуционерни движења во другите балкански земји, кои го прифаќаат и се борат за вистинското самоопределување на своите народи, за ослободувањето и обединувањета на Македонија во самостојна политичка единица и за нивното рамноправно сојузување во една Балканска федерација. Организацијата ќе влезе во контакт со комунистичките партии во балканските држави.\n5. ВМРО наоѓа дека за образувањето на единствен македонски револуционерен фронт од суштествено значење е групирањето на сите револуционерни елементи на македонското движење во единствен македонски револуционерен фронт. Заради постигањето на единствениот македонски револуционерен фронт, Централниот комитет ќе го запре прогонот на групите што се борат против него и ќе направи постапка за да го обедини целото македонско движење.\n6. За спроведување на горната директива, Централниот комитет ќе пристапи кон следните претходни мерки и дејства:\nа) ќе издаде окружница до сите нему потчинети комитети и органи, во која ќе ги изложи политичките и организационите директиви што произлегуваат од оваа платформа;\nб) ќе даде јавни изјави од името на организацијата во духот на оваа декларација;\nв) ќе образува, од пратениците Македонци во парламентите на балканските држави, самостојни парламентарни групи, коишто ќе ја декларираат својата солидарност со другите парламентарни групи и политички партии што ја прифаќаат оваа платформа во нејзината целост;\nг) ќе организира раководство на сите печатени органи што го заштитуваат делото на организацијата, врз коишто последната може да има влијание, така што да им биде доверено на лица кои ќе ја спроведуваат оваа платформа;\nд) ќе организира издавање и редактирање на специјален печатен орган во странство, кој, во рамките на легалната политичка пропаганда ќе се бори против европскиот и балканскиот империјализам, ќе ја заштитува идејата за самоопределувањето на балканските народи и за Балканската федерација и ќе ги подготвува претходните услови за единствениот балкански револуционерен фронт. Редактирањето и издавањето на тој орган ќе биде организирано по можност преку заемно спогодување на сите заинтересирани фактори.\nе) ќе назначи свој специјален делегат и ќе прими кај себе таков за взаемна врска меѓу Централниот комитет на Организацијата и владата на СССР.\nВиена, 29 април 1924 г.\nЦентрален комитет на ВМРО\nА. Протогеров\nП. Чаулев\nТ. Александров", "subject": ["Историја на Македонија", "Документи за македонската историја и самобитност", "Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D1%82%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%BD%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D1%9A%D0%B5", "word_count": 633, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5831", "title": "Гоце Делчев", "text": "Ѓорѓи Николов Делчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, ''апостол'' и ''срцето на револуционерна Македонија'', идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. век.\n1 Творештво", "subject": ["Македонски револуционери"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6139", "title": "Гане Тодоровски/ Дојди в Охрид", "text": "Во мугрите кога ги растури исток\nпо небото темно златестите зракој;\nштом сонцето тргна проблеснато, чисто,\nпо пресните следи на нокта и мракот;\nезерните далги во утринен блесок\nго гушкаат мило крајбрежниот песок,\n- тогаш дојди в Охрид!\nКипарисот висок, дабјето крај патот\nсо ветрот кога ќе запеат песна,\nво полето кога се лулее злато,\nДрим разлутен бега под врбите ресни.\nГаличица кога ред приказни реди\nи мирот со шепот и трепет го следи,\n- тогаш дојди в Охрид!\nТемнината кога пласт кадифен фрли\nи избега денот зад врските снежни;\nштом зативне ѕвонот од блиските трла,\nврз небото темно ѕвездената мрежа\nсе дипли, а светот в сон потонал длабок,\nсал негде е слушно шумолење слабо,\n- тогаш дојди в Охрид!\nВо тихата вечер притаена, мирна,\nштом месецот тргне по сводот да шета,\nи некаде, таму в недоглед ширен,\nсакана ѕвезда тој среќен ја срети;\nво облесок чуден езерото сјае,\nа околу светот се занемел, трае,\n- тогаш дојди в Охрид!", "subject": ["Гане Тодоровски", "Македонска поезија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/_%D0%94%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B8_%D0%B2_%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4", "word_count": 156, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5845", "title": "Дневник на Богдан Филов (11 март 1943)", "text": "11 [март] 1943 г.\nДенес ме посети Redar во врска со иселувањето на еврејските деца во Палестина. Ми даде да ја прочитам телеграмата со која се бара да се именува еден комитет од тројца Евреи за да ги наведат лицата за иселување. Му реков дека ова ние не можеме да го примиме и си го резервираме правото ние да ги наведеме лицата. Меѓутоа, пред ова би требало да ги средиме техничките прашања за иселувањето. Тој предложи да започнеме со една група од 100 деца, за кое Министерството на внатрешни работи дало веќе согласност и за кои ќе се потребни само два вагона. Стана збор на Евреите од новите земји (Македонија) што ги иселуваме. Тој предложи да телеграфира да ги примат и сите нив во Палестина. Му приговорив дека е веќе мошне доцна, бидејќи тие по неколку дена тргнуваат. На неговото прашање каде одат, одговорив „во Полска\". „Тоа значи дека тие одат во смрт\" — рече тој. Му објаснив дека тоа е преусилено и дека тие ќе бидат искористени како работници, какви што и ние испраќаме. Одговори дека тоа не е исто и дека со Евреите се иостапува нечовечно. Остро приговорив дека не можеме да зборуваме во денешно време за човечност, кога во исто време така безмилосно се убива мирното население на големите градови. Тој веднаш се согласи со мене, при што го наведе тукушто извршениот напад од Англичаните врз градот Рен во Бретања, кој ниту имал некаква воена индустрија ниту некакво стратешко значење. Сс согласивме дека војната станува од ден на ден се пожестока. Му кажав какво штетно влијание имаат кај нас Евреите и дека ние имаме право да се браниме, со оглед на тоа што и ние мо-жеме да станеме центар на воени операции. Ние сме биле секогаш најтолерантниот народ, меѓутоа, сега сме принудени да преземеме мерки какви што во нормални времиња сигурно не би преземале.", "subject": ["Историја на Евреите во Македонија", "Богдан Филов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BD_%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2_%2811_%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82_1943%29", "word_count": 307, "cyrillic": 0.997}
{"id": "5890", "title": "Димитрија Чуповски", "text": "Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 - Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) бил македонски општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла. Познат и како Димитрија Павле Чуповски или Димитрија Димов Чуповски\n1 Творештво\n* Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит\n2 Забелешки", "subject": ["Димитрија Чуповски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%A7%D1%83%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5881", "title": "Декларација на ЦК ТМОРО до владите на големите сили", "text": "Декларација на ЦК ТМОРО до владите на големите сили\nНеказнетите насилства на муслиманите и систематските гонења на администрацијата, ги дотераа христијаните од Македонија и Одринско до неопходноста да прибегнат кон една масовна вооружена одбрана. Тие ја прегрнаа таа крајност, откако ги исцрпија сите мирни средства, за да го предизвикаат мешањето на Европа во духот на договорите, кои ги договараат за положбата на тоа население. Таа интервенција останува и до сега како единствено средство, за да се отстрани злото и да се запре проливањето на крв. Бидејќи неуспешните палијативни мерки, преземани до сега од Европската спогодба, за да се подобри турскиот режим, доведоа само до едно засилување на муслиманскиот фанатизам и на државниот притисок — станува очигледно, дека таа интервенција може да биде ефикасна само, ако претходно би имала и непосреден резултат:\n1. Назначувањето, со согласност на Големите држави, на еден главен управник-христијанин, кој никогаш не и припаѓал на турската администрација и независен при исполнување на неговите должности од Високата порта.\n2. Установувањето на една меѓународна колективна контрола, која би имала широки права на санкционирање.\nКога ги доведува до знаење причините, коишто го предизвикаа очајничкиот акт на востанатото население, како и мерките, коишто можат да ги запрат неговите последици, Внатрешната организација ја отфрла од себеси целата одговорност и изјавува, дека таа ќе ја поддржува борбата до целосното постигање на својата цел, црпејќи ја енергијата во свеста на својот долг и во симпатиите на цивилизираниот свет.", "subject": ["Историја на македонскиот народ", "Документи за македонската историја и самобитност"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%A6%D0%9A_%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E_%D0%B4%D0%BE_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B8", "word_count": 234, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5844", "title": "Извештај на НДХ за политичката состојба во Македонија под бугарска окупација", "text": "Воен пратеник при Амбасадата на Независна Држава Хрватска\nВ. Т. бр. 17\nСофија, 21 октомври 1941\nДо Министерството на хрватското домобранствo — главен стожер (Одделение за очевидност)\nПред некој ден во Софија престојуваше мојот пријател од Скопје, овластен електромонтер-инсталатер и овластен раководител на електричната централа со висок напон, Алберт Шритоф. Тогаш го прашував за положбата во Скопје и во Бугарска Македонија и тој, во неврзан разговор, помеѓу другото ми го рече и ова, -\n„Внатрешната положба во делот од Македонија што и припадна на Бугарија доста е нејасна. Изразените Македонци покажуваат извесно незадоволство кон новиот режим во Бугарија. Исто така и од Бугарите — жители на Македонија добри 30% не се воодушевуваат од бугарската управа, бидејќи ги немаат сите оние права што ги имаат Бугарите во Бугарија. Особено разочарување владее меѓу младата интелигенција што студираше во Белград и беше на државна работа во стара Југославија. Кон нив се нема доверба и тие луѓе се без работа. А има и такви коишто во прво време беа примени во државната служба на Бугарија., но досега има поголем број отпуштени и така останаа без работа. Арнаутите се исто така мошне незадоволни со новјиот господар и тагуваат по Југославија. А пак Ариаутите што се наоѓаат под италијанска окупација се задоволни, бидејќи Италијанците им дадоа власт во рацете.\nТурците (муслимани) се држат како во времето на Југославија, но доста се истакнуваат со своето англофилство.\nТрговците Срби и Евреи мораат во срок од 3 месеци да ги распродадат и да ги ликвидираат своите дуќани, а потоа веројатно ќе се оди кон тоа Србите од Бугарска Македонија да бидат иселени.\nКон нас, Хрватите, Македонците покажуваат извонредно срдечно однссување.\nОдносите меѓу Бугарите и Германците се добри. Пред извесно време се случи еден инцидент од политички карактер во една ноќна кафеана во Скопје, при што некои германски офицери и подофицери интервенирале. Во истиот локал музиката ја отсвирила Македонската химна, на што еден бугарски подофицер и ракоплескал. Во исто време на тој подофицер му пристапува еден бугарски офицер и го прашува зошто ракоплеска, на што овој му одговорил: “Тоа што е македонско е и бугарско”. На овие зборови, бугарскиот офицер му удрил на подофицерот една шлаканица. Тоа го забележале некои германски подофицери, што исто така биле тука, и го прашале бугарскиот офицер зошто го удрил подофицерот, но овој, не одговарајќи ништо, веднаш го напуштил локалот, но го стигнале овие германски подофицери и убаво го изнатепале. Овој инцидент предизвикал извесно незадоволство кај сите оние што биле присутни, а се воодушевуваат од Македонија\".\nСудејќи по се, изгледа дека во Бугарска Македонија постои силна струја за ослободување и создавање на самостојна Македонија. Предниот извештај го доставувам со молба да се разгледа. За ДОМОТ готови!", "subject": ["Македонија во Втората светска војна", "Евреи"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%94%D0%A5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B1%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%B4_%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 439, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6111", "title": "Тешкото", "text": "О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,\nштом тапан ќе грмне со подземен екот -\nво градиве зошто жал лута ме стиска,\nво очиве зошто навира река\nи зошто ми иде да плачам ко дете,\nда превијам раце, да прекријам лик -\nта гризам јас усни, стегам срце клето,\nда не пушти вик.\nО тешкото! Старци излегуват еве,\nна чело им мисла, во очи им влага\nи првиот чекор по меката трева\nе мирен и бавен, со задржана тага.\nНо 'рзнува тапан и писок се крева\nи молња светнува во секој глед,\nи напред се пушта, се стрелка, се слева\nстегнатиот ред.\nДо старците момци се фаќаат скокум;\nне издржа срце - сив сокол во клетка,\nне издржа пламен жив потулен во око,\nне издржа младост што сака да летне!\nСе залула оро! Се заврте земја,\nи чиниш - се корне стресениот век,\nи околу трпнат ридиштата темни\nи враќаат ек.\nИ божем се врасло кипнатово оро\nсо исконска сила за земјава наша\nи во него шуми на реките зборот,\nи во него рика див ветер и страшен\nи во него шепнат узреани житја\nи вечерен мирис се разлева тих,\nи земјата дише во пролетна ситост\nсо запален здив.\nИ душата, чиниш, на родот мој мачен\nво тешково оро се уткала сета -\nвек по век што трупал сè попуст и мрачен\nод крвава болка, од робија клета,\nвек по век што нижел од корава мисла\nза радосна челад, за слободен свет,\nод песна - за љубов што гине со пискот\nко жерав во лет.\nО тешкото! Кога во молк да те гледам,\nна очиве магла ми напаѓа сура,\nи одеднаш - в бескрај се растега редот\nи ридја се губат в пустелија штура -\nи еве кај иде од маглата матна\nсè сенка до сенка, сè еден до друг -\nво бескрајно оро син оди по татка,\nпо деда си - внук.\nВремињата мрачни се нивното поле,\nи нивната свирка - на прангите ѕвекот,\nа главите им се наведени доле,\nи покроце врват - сè чекор по чекор.\nО времиња, што ве в мрак родот мој минал,\nкој збор ќе ми најде за вашата стрв?\nКој збор ќе ми најде за ужасот зинат\nнад пустош и крв?!\nКој број ќе ми каже на лутите рани,\nна пламнати ноќи, на пеплишта пусти,\nкој на срце болки ќе изреди збрани,\nи на очи солзи, и клетви на усти?\nО тешкото! Синџир ти беше на робја,\nод калеши моми и невести ред.\nсо врзани раце во плен што ги погнал\nнасилникот клет.\nО тешкото! Синџир ти беше на робја,\nдур не стана народ во листена гора,\nсè дури со јадот од векови собран\nне поведе бујно, бунтовничко оро!\nсе залула танец низ крвје и огон,\nи повик се зачу и грмеж во чад -\nте разнесе сегде бунтовната нога\nпо родниот кат.\nО тешкото! Сега по нашите села\nво слобода првпат штом оро ќе сретнам,\nзар чудно е - солза да потече врела,\nзар чудно е - жалба јас в срце да сетам?!\nОд вековно ропство, мој народе, идеш\nно носиш ти в срце дар златен и пој.\nПченицата твоја триж плодна ќе биде,\nИ животот твој!", "subject": ["Македонска поезија", "Блаже Конески"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE", "word_count": 510, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5887", "title": "Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит", "text": "До неговото Високопреосвештенство\nМитрополитот скопски Неофит\nВаше Високопреосвештенство,\nПредавачот на ова писмо, високоучениот, виден руски општествен деец, пријател на Македонците и огнен поборник за нивната слобода и независност, Василиј Василјевич Водовозов, со цел да се запознае со современата вистинска положба на Македонија во секој однос, презеде патување по неа, па затоа најпокорно го молам Вашето Високопрештенство да му укажате секаква помош.\nПритоа го сметам како свој долг да му соопштам на Вашето Блаженство дека на телеграмите и писмата што Ви ги испратив не добив никаков одговор.\nЗошто нема месни претставници, изразители на вистинските желби на Македонците пред европските држави и пред Русија? Та нели сега е најудобниот и последниот момент, кога гласот на оние народољупци, онаа Внатрешна организација, чијашто девиза беше „Македонија на Македонците“? Зошто не настапуваат со протести против поранешните сојузници, а сега непријатели на македонската независност?\nИли можеби тие сеуште веруваат во моќта и несебичноста на Бугарија?\nПа нели токму таа прва посегна врз целоста на Македонија, давајќи им на нејзините вчерашни сојузници дел од живиот македонски организам. Не е ли веќе време сега да си ги отворат очите и да настапат за нејзината одбрана? Па, Вие сте таму на местото, имате власт, имате доверба, од Вас, претставниците на народот, најмногу и се бара.\nВо својот „позив“ Централниот македонски комитет и во својот „Меморандум“ обединетата македонска емиграција во Бугарија не изјавуваат јасни барања за независноста на Македонија, а се потврдуваат за тешко исполнивата желба за присоединување кон Бугарија.\nНие, Македонската колонија во Русија, веќе настапивме во одбрана на Македонија со меморандуми пред Лондонската конференција и пред сојузните балкански држави, а исто така пред руската влада. Сега почнавме да го издаваме специјалниот свој печатен орган „Македонски Глас“, чијашто задача е да се бори за неделивоста и независноста на Македонија и за обновување на Охридската автокефална црква.\nЗаради постигнување на нашата заедничка цел, најпокорно го молам Вашето Високопреосвештенство да ми го испрати неопходниот материјал за ова прашање заради напечатување во „Македонски Глас“.\nСо молба за Вашиот архипастирски благослов, останувам Ваш предан слуга.\nД. Чуповски\n14 јуни 1913 г.\nС.-Петербург\nГончарнаја ул. 13", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност", "Димитрија Чуповски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%A7%D1%83%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%BE_%D0%9D%D0%B5%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%82", "word_count": 343, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6189", "title": "Песни за искуството/ Болна роза", "text": "O rose thou art sick,\nThe invisible worm,\nThat flies in the night\nIn the howling storm\nHas found out thy bed\nOf crimson joy :\nAnd his dark secret love\nDoes thy life destroy.\nО розо ти си болна.\nНевидливиот црв,\nКој во ноќта лета\nВо завиена бура:\nГо пронајде твојот кревет\nОд румено задоволство:\nИ неговата темна тајна љубов\nГо руши животот твој.\n1 Поврзано\n* Вилијам Блејк\n* Песни за искуството\nen:The Sick Rose\nfi:Sairas ruusu\nhu:A beteg rózsa\ntr:Hasta Gül\nru:Больная Роза (Блейк/Парин)", "subject": ["Вилијам Блејк", "Поеми"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE/_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B0", "word_count": 90, "cyrillic": 0.449}
{"id": "5792", "title": "Нов Завет", "text": "Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната представена личност е Исус Христос. Новиот завет претставува втор дел на Библијата (по Стариот завет) и содржа 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. (Повеќе...)\n1 Текст\n*Евангелието според Матеј\n*Евангелието според Марко\n*Евангелието според Лука\n*Евангелието според Јован\n*Дела на апостолите\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Рим\n*Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт\n*Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Галатија\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Ефес\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Филипи\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Колос\n*Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Солун\n*Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Солун\n*Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј\n*Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј\n*Писмо од апостол Павле до Тит\n*Писмо од апостол Павле до Филемон\n*Писмо до Евреите\n*Писмо од апостол Јаков\n*Прво писмо од апостол Петар\n*Второ писмо од апостол Петар\n*Прво писмо од апостол Јован\n*Второ писмо од апостол Јован\n*Трето писмо од апостол Јован\n*Писмо од апостол Јуда\n*Откровение\n2 Поврзано\n* Стар Завет\n* Библија", "subject": ["Нов Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%BE%D0%B2_%D0%97%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%82", "word_count": 206, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6114", "title": "Баба ми појде море на пазаро", "text": ":Баба ми појде, море, на пазаро,\n:таму си купи едно ми петле,\n:петлето вика: кукуригууу...\n:ќе појам, бабо, ќе појам.\n:Дедо ми појде, море, на пазаро,\n:таму си купи едно магаре,\n:магаре вика: хрр... хрр...\n:јавни ме, дедо, јавни ме.\n:Баба ми појде, море, на пазаро,\n:таму си купи една ми крава,\n:кравата вика: мууу...\n:млеко ќе ти давам, мори, да пиеш.\n:Баба ми појде, море, на пазаро,\n:таму си купи една ми овца,\n:овцата вика: беее...\n:в’лна ќе ти давам, мори, да предеш.\n:Дедо ми појде, море, на пазаро,\n:таму си купи едно ми куче,\n:кучето вика: уау...ау...\n:ќе лаам, дедо, ќе лаам.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни\n2 Поврзано\nМакедонски народни песни\ntr:Annem pazara gitti", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B0%D0%B1%D0%B0_%D0%BC%D0%B8_%D0%BF%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%BE", "word_count": 120, "cyrillic": 0.966}
{"id": "6183", "title": "Вилијам Блејк", "text": "Вилијам Блејк (англ. William Blake, 28 ноември 1757 - 12 август 1827) бил англиски поет, визионер, сликар и гравер. Сосема непознато во текот на неговиот живот, делото на Блејк денес се смета за единствено, оригинално и особено значајно во историјата на поезијата и визуелните уметности. Прогласен е за 38ми најголем британец во историјата, според анкетата направена од страна на Би-Би-Си во 2002 година.\n1 Творештво\n* Песни за невиноста\n** Јагне\n* Песни за искуството\n** Болна роза", "subject": ["Вилијам Блејк"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BC_%D0%91%D0%BB%D0%B5%D1%98%D0%BA", "word_count": 75, "cyrillic": 0.971}
{"id": "6180", "title": "Песни за невиноста/ Јагне", "text": ";Англиски\nLittle Lamb, who made thee?\nDost thou know who made thee?\nGave thee life & bid thee feed\nBy the stream & o’er the mead;\nGave thee clothing of delight,\nSoftest clothing, wooly, bright;\nGave thee such a tender voice,\nMaking all the vales rejoice?\nLittle Lamb, who made thee?\nDost thou know who made thee?\nLittle Lamb, I’ll tell thee,\nLittle Lamb, I’ll tell thee:\nHe is callèd by thy name,\nFor he calls himself a Lamb.\nHe is meek, & he is mild;\nHe became a little child.\nI a child, & thou a lamb,\nWe are callèd by his name.\nLittle Lamb, God bless thee!\nLittle Lamb, God bless thee!\n;Македонски\nМало јагне, кој те создаде тебе?\nДали знаеш кој те создаде тебе?\nТи даде живот и те понуди храна\nОд потоци и медовина;\nВосхитувачка облека ии даде,\nНајмека облека, волнена и сјајна.\nТи даде таков нежен глас,\nШто сите долини весели ги прави.\nМало јагне, кој те создаде тебе?\nДали знаеш кој те создаде тебе?\nМало јагне, ќе ти кажам јас,\nМало јагне, ќе ти кажам јас:\nИмето твое го носи тој,\nЗошто јагне се вика самиот тој.\nТој е кроток, тој е благ.\nМало дете станал тој.\nЈас дете, и ти јагне\nНеговото име го носиме ние.\nМало јагне, Бог да те чува!\nМало јагне, Бог да те чува!\n1 Поврзано\n* Вилијам Блејк\n* Песни за невиноста\nen:The Lamb", "subject": ["Поеми", "Вилијам Блејк"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0/_%D0%88%D0%B0%D0%B3%D0%BD%D0%B5", "word_count": 234, "cyrillic": 0.506}
{"id": "5843", "title": "Тероро и плачката над Еврејте", "text": "Тероро и плачката кој го вршиа германските фашисти и нијните бугарски слуги над еврејското население, со разни даноци и ограниченија, со това што им укинаа секакви политички и граждански права, со това што не им дава слободно да купува, продава, патува, и што ги приморава да плаќат разни даноци и глоби не им стигна. Ами најпосле се нафрлија и на самите луѓе, и еден ден уште рано сабајле го блокирава целио град, зачукаа по еврејските куќи и побеснелите гестаповци и проклетите бугарски агенти и жандари. И почнаа да ги исфрлат на сокак, како стока жените, децата и мажите от сопствените куќи. А џандарите почнаа да ги гонат на станица со штикојте на пушка, како кој знај какво престпленије да се напрајле. Ненаситните фашисти ги собраа сите јевреј от тука со кој от век си живејахме, Ги одведова на станица дека до гола кожа ги слекуева да ги претресуат. Им зедоа све што им најдова. За носење, за јадејне и парите до последнија лев. Оставија им само алиштата на грбо и ио еден душек и јорган и така ги однесова у скопскио монопол дека ги собира јеврејте од цела Македонија. Тамока ги подржава некое време како стока, набутани еден на друг, гладни, голи и боси. Онда ги испратија со сите евреј заедно от Македонија по разни логори, дека опколени со џандари и со по сто грама леп ќе ги терат да работа до дека не падна и на тој начин систематски еден по еден ќе ги уништат.\nДодека јеврејте ги одведоа по логорите да ги уништат, до тогај овде се наврлија на нивните имоти да ги плачкат разни кметој, на-чалници, агенти, жандари, офицери и др. Ненаситните плачкаши со коли је издигаја јеврејската сермија, разни намештаји, храна, и др. Они одеа групи по групи и по себе си караа кој повеќе да грабне.\nКога ке се приближеше некој от народо да тражи да купе нешто, они викаа дека нема за продавајне јер това ќе биде за учражденијата и болницата.\nКрвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги го извршиа овој срамен и нечувен терор и плачка над еврејското население, прикажувајќи како се еврејте мрсни хора, како са они најгулемите шпекуланти, плачкаши, убици итн. со една дума прикажувајќи ги како са они најгулеми кривци за несраќи кој ги задесуват масите.\nДа видиме да ли је вистина това што го прикажуват фашистите. Дали е вистина да се јеврејте најгулеми шпекуланти, плачкаши и убици. Разбира се како што има у македонците шпекуланти, така има и у еврејте, не се еврејте така криви како што ги прикажујат фашистите, а баш на против такви са они — германските фашисти и нивните бугарски слуги, они шпекулират, плачкат, убиват, судат, интернират итн. и они сет главни кривци за несреќите којгги денеска преживуваме.\nКрвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги не го вршат овај терор над јеврејското население за това што им кажале за нас и што не сакаа да не спаса от маките, а на против они го вршат тој терор над них за това да би ја скренале оштрицата на борбата. Прикажувајќи ги евреите како главни кривци они сакат да не натерат да се бориме против евреите, а не против них, германските фашисти и нивните бугарски слуги, кој се вистински кривци за денешното по-ложение. Они сакаа да ги искористат евреите како перде зад кое требе да се крие за полесно да не плачкат. Они сакат да ја распират на-ционалната омраза, да ни натера да се караме и расправаме, Македонци, Јевреји, Власи, Турци, Арнаути и др. за да не можеме да се соединиме и така заеднички да поведеме борба против них, они сакат да не раздела и така разделени да не уништат. Главната цел на крвнико Хитлер е да не уништуе нарочно нас славјанските народи и он това веќе и го прави. Прво ги собрава јеврејите со кој от век живехме, сега му дава рок на Србите да се села, после ќе ги дигат Власите и Турците, после и на нас ќе дојде ред, може ќе се разликуе начин, едни у лагери други у затвори, трети на „слобода\" без јадење и носење, систематски еден по еден ќе не уништат.\nНароде, крвавите германски фашисти и нивните бугарски слуги ги собра јеврејте со кој от век си живејме, от кој никако лошо не видовме ни није ни они од нас. Народе, не не чека ни нас поарно, и нас ни се спрема уништуејне само то на друг начин, со гладија, безработица и војна итн. Това може да се виде и от думите на крвнико кмето, кој није на градо, што ги кажал на народо, кој се собрал да ги гледа како плачка еврејски куќи: „А бе виа сте мрсни хора, бе какво гледате, бе оште не сте виждали ништо, за вас требе терор, па да се ошаметите\". От овија думи јасно се гледат да нема ни нас да не поштедат, они ќе се стараат само и натаки да плачкаат.\nНароде, соедини се без разлика на вера, нација и политички убежденија и стани како еден во борба и против твоите крвни непријатели — германските фашисти и нивните бугарски слуги. Протестирај против тероро и плачката над Јеврејите и тражи да се ослобода. Не дозволувај да те разединуват и уништуват. Стани во борба за поскоро уништување на окупаторите.\nНароде, земи оружје во раце и појди у партизани, јер само со оружена борба ќе ги испудиш окупаторите.", "subject": ["Евреи", "Народен глас", "Штип", "Македонија во Втората светска војна"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%B8_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D0%B4_%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%82%D0%B5", "word_count": 882, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5749", "title": "Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници", "text": "Општо е познато дека со доаѓањето на власт, Стамболов отпочна една дива војна против сè што негуваше симпатии спрема омразената нему Русија. Во бројот на русофилите влегуваше и бугарското духовенство. Природно беше, Стамболов да отвори оган и спрема духовенството во бугарското кнежевство. Таа борба, какошто многумина од читателите знаат, траеше неколку години и заврши со потчинување на бугарското духовенство под световната власт на Стамболов. Само славнио трновски митрополит, Високопресвештениот Климент, до крај остана најсмел борец против стремежите на Стамболов. Па и што можеше да прави духовенството во борбата против световната власт, кога во рацете на Стамболов беа и топови, и жандарми, и сесилните пари, со кои ги поткупуваше и ги заплашуваше судиите. На таа борба помеѓу Стамболовата световна власт и духовенството се должи многугодишното вдовствување на епархиите, меѓу кои и Софиската: бугарската престолнина долго време беше без метрополит, додека најпосле се најде еден, кој му се допадна на Стамболов. При сета деликатност на својата положба, Егзархот како духовен поглавар, беше принуден да се појави на чело против самоволјата на Стамболов во кнежевството. И така: борбата меѓу световната и духовната власт во Бугарија истовремено беше борба меѓу Стамболов и Егзархот.\nКако победник во своето царство, Стамболов посака со својата нечиста рака да посегне и врз самата Егзархија во Цариград. Познато е дека туѓите весници, особено австриските и англиските, го величеа и го величаат Стамболов како „бугарски Бизмарк“, „балкански Криспи“ и со други ласкави за честољубивиот бугарски Нерон, епитети, кои многу пријатно му звучат на неговото уво, а истовремено се многу прифатливи за штедрите во тој однос туѓинци. Како последица на тие ласкања од страна на заинтересираните туѓинци, Стамболов си беше помислил дека навистина тој е повикан од провидението, да ја игра улогата на бугарски „Бизмарк“...\nСлавата на Бизмарк се состои главно во обединувањето на Германците под Прусија преку училиштата и училишните друштва - шулферајните: така и импровизираниот „бугарски Бизмарк“ - дивиот Стамболов на прв план посака да го постави обединувањето на Бугарите врз истите основи и средства. Тоа е една идеја, какошто гледате, - идеја, за која треба да ракоплескаат осознаените Бугари... При сето тоа, ние нему да му ракоплескаме на Стамболов, зошто бугарскиот народ многу порано од раѓањето на Стамболов, беше дошол до сознанието дека само училиштето е во состојба да ги држи моралните врски помеѓу Бугарите во сите краишта на татковината и тоа, најпосле ќе послужи за постигнување на крајната цел. И не само не ракоплескаме, ами го осудуваме и со нас заедно треба да го осуди целиот бугарски народ, особено македонските бугари, бидејќи и во тој свет бугарски идеал Стамболов ги замеша својот егоизам и безумие. Тој тиранин, кој не остави ништо свето за Бугаринот неизвалкано, за задоволување на својата жед за власт посака да се послужи и со училишното дело во Македонија. Тој блудник, кој се подигра со честа, животот и имотот на своите сотатковници во кнежевството, посака да го направи истото и со нас Македонците во сопствената наша татковина - Македонија. И се најдоа ниски луѓе, од него изгонети од Бугарија, коишто ќе му услужат! Тоа можеби ќе изгледа неверојатно на читателот, но нека не се чуди: на овој свет сè е возможно, уште повеќе кај нас, каде луѓето повеќе мислат со своите чкембиња, па и К'нчев може да инспекторува, и Максим да владикува, и Наследников, Сарафов, Х. Иванов, Рачев и други да директоруваат и сл. и сл., а узурпаторот Лазаров да начелникува...\nУверен во својата семоќност, Стамболов, којшто има голема слабост да се идентификува себеси со општобугарскиот идеал, го испрати во Цариград познатиот ретроград Лазаров, против кого во Бугарија беше станало сè што е чесно, со мисија, да го одземе од Егзархот училишното дело во Македонија, да го претвори Училишниот Оддел во Стамболовски шулферајн, па на тој начин да постигне:\n# лична одмазда спрема Егзархот, којшто не го оставаше на мира во кнежевството;\n#да ги прекрати службите на емигрантите кои ги фаворизираше Егзархијата;\n#да го задоволи своето ненаситно властољубие со парализирање на Егзархот, откако ќе му ги одземе училиштата, кои, покрај другото, се поврзани со извесни суми, та да се рече, дека тој е „будното око“ и „неуморливиот стражар“ на себугарските интереси;\n#да ја централизира училишната власт со поставување на такви директори, инспектори, учители и други, кои ќе бидат предани работници за спроведување на тој принцип, а да се гонат сите оние учители, кои не сакаат им служат на туѓи за земјата интереси за волја на мечтите на некаков си побеснет Стамболов. Ете, тие се главните точки на програмата, со која беше натоварен Лазаров од својот обожуван шеф.\nЧетвртата точка на таа програма ќе биде предмет на нашата статија: ќе ги покажеме употребените средства и начини за спроведување на последната програмска точка; ќе ги констатираме последиците од тој начин на дејствување, од кое само по себе ќе блеснат две големи зла, што му ги направи Лазаров респектив Стамболов на училишното дело во Македонија: а) жестоката партизанска борба меѓу општините, граѓаните и егзархиските чиновници, б) водење на македонските работи во зависност од партизанските борби во Бугарија, кое никако не е во интерес на нашата земја, со условите за нејзиното постоење, и во многу односи со спротивставени интереси, кои треба да се раководат од луѓе, што ги познаваат условите и ги ценат месните интереси, а не од некој си Лазаров или од Егзархот со нивните тајфи, собрани по ''личните ќеифови'' на тие две македонски „светила“... Тоа прашање е од таква капитална важност , така што тука е тесно местото за да се разгледува...\nСега да си дојдеме до предметот, откако претходно ќе фрлиме еден брз поглед и врз првите точки на Лазаровската мисија во Цариград.\n1 Види исто така\n* Петар Попарсов „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставхници“ (Изводи) – 1894 г.", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност", "Петар Поп Арсов", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B8_%D0%BD%D0%B5%D1%98%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8", "word_count": 928, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6194", "title": "Прва книга Мојсеева/ 2 глава", "text": "1 Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство.\n2 И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите Свои дела, што ги направи.\n3 И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.\n4 Тоа се раѓањата на небото и земјата, кога беа создавани. Во денот кога Господ, Бог, ги правеше земјата и небото,\n5 уште немаше никакво полско растение по земјата, уште немаше никнато никакво зеленило, зашто Господ, Бог, уште не пушти дожд на земјата, и го немаше човекот да ја обработува земјата.\n6 Но се креваше пареа од земјата, и ја натопуваше почвата на целата земја.\n7 Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа.\n8 И Господ, Бог, насади градина на исток, во Еден, и таму го смести човекот, кого го обликува.\n9 Тогаш Господ, Бог, направи та од земјата изникна секое дрво - убаво за погледот и добро за храна - и дрвото на животот, среде градината, и дрвото за познавање на добро и зло.\n10 Река извираше од Еден за да ја натопува градината; оттаму беше раздвоена, и настанаа четири главни реки.\n11 Името на првата е Фисон, а ја обиколува целата Евилска Земја, во која има злато.\n12 Златото на таа земја е добро, а има таму и бделиј и ониксов камен.\n13 Името на втората река е Гион, а ја обиколува целата земја Хус.\n14 Третата река е Тигар, а тече на исток од Асирија; четвртата река е Еуфрат.\n15 Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува.\n16 Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината,\n17 но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!”\n18 И Господ, Бог, рече: „Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему.”\n19 Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името.\n20 Човекот им даде имиња на сиот добиток, на птиците во воздухот и на секое животно во полето. Но за човекот не се најде помош соодветна на него.\n21 Тогаш Господ, Бог, му нанесе длабок сон на човекот та тој заспа, и му извади едно од неговите ребра, а местото го исполни со месо.\n22 Од реброто што го зеде од човекот Господ, Бог, обликува жена и ја доведе при човекот.\n23 Тогаш човекот рече: „Сега најпосле, тоа е коска од моите коски, и месо од моето месо! Нека биде наречена Жена, зашто е земена од Мажот!”\n24 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело.\n25 А обајцата беа голи, човекот и неговата жена, но не се срамуваа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 533, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6191", "title": "Прва книга Мојсеева/ 1 глава", "text": "1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.\n2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.\n3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.\n4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.\n5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.\n6 И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”\n7 Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.\n8 А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.\n9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.\n10 Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.\n11 И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.\n12 И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.\n13 И бидна вечер, па утро - трет ден.\n14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,\n15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.\n16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.\n17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,\n18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.\n19 И бидна вечер, па утро - четврти ден.\n20 И Бог рече: „Нека обилуваат водите со живи суштества; и птици нека летнат над земјата, по небесниот свод!”\n21 Бог создаде морски чудовишта и секакви живи суштества, што ползат и се движат по водите и крилати птици од секаков вид. И Бог виде дека е добро.\n22 И ги благослови Бог - велејќи: „Плодете се и множете се и наполнете ги морските води! И птиците нека се размножат по земјата!”\n23 И бидна вечер, па утро - петти ден.\n24 И Бог рече: „Земјата нека произведе живи суштества, секое според неговиот вид: добиток, лазачи и земни ѕверови според нивниот вид!” И бидна така.\n25 И Бог направи земни ѕверови според нивниот вид, и добиток според неговиот вид, и сите лазачи на земјата според нивниот вид. И Бог виде дека е добро.\n26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”\n27 Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.\n28 И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!”\n29 И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!\n30 А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така.\n31 И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_1_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 656, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6198", "title": "Прва книга Мојсеева/ 4 глава", "text": "1 Адам ја позна својата жена Ева, а таа зачна и го роди Каина, па рече: „Добив машко чедо со помош на Господа!”\n2 Потоа го роди Авела, братот Каинов; Авел стана сточар, а Каин земјоделец.\n3 И еден ден Каин Му принесе на Господа жртва од плодовите на земјата.\n4 А и Авел принесе од првородените на својот добиток, и од мрсното. Господ погледна милостиво на Авела и на неговата жртва,\n5 а ни поглед не сврти кон Каина и неговата жртва. Затоа Каин се налути многу, и лицето му се смени.\n6 И Господ му рече на Каина: „Зошто си лут? Зошто ти е сменето лицето?\n7 Зашто ако работиш право, светиш од насмеаност. А ако не работиш право, гревот ти лежи пред врата, што дебне врз тебе; но ти уште можеш да му се спротивиш.”\n8 Каин пак му рече на својот брат Авел: „Ајде да излеземе!” И откако се најдоа во полето, Каин скокна на брата си Авела и го уби.\n9 Потоа Господ го праша Каина: „Каде е брат ти Авел?” „Не знам - одговори - зар сум јас чувар на својот брат?”\n10 Господ продолжи: „Што направи? Слушај! Крвта на твојот брат вика кон Мене од земјата.\n11 Затоа биди проклет на земјата, што ја отвори устата за да ја прими крвта на брата ти, од твојата рака!\n12 Ќе ја обработуваш земјата, но таа веќе не ќе ти го дава својот род. Ќе бидеш вечен скитник на земјата!”\n13 А Каин Му рече на Господа: „Мојата казна е премногу тешка, за да се поднесува.\n14 Еве, денес ме тераш од плодната почва; треба да се кријам од Твоето лице и да бидам вечен скитник на земјата - кој ќе ме најде, може да ме убие.”\n15 А Господ му рече: „Не! Туку кој ќе го убие Каина, врз него ќе биде извршена седмократна одмазда!” И Господ му стави знак на Каина, за да не го убие некој, кој ќе го сретне.\n16 Каин отиде од пред Господовото лице во земјата Нод, источно од Еден, и таму се насели.\n17 Каин ја позна својата жена, па таа зачна и го роди Еноха.\n18 На Еноха му се роди Ирад, а од Ирада потекнува Мехујаил; од Мехујаила потекнува Метусаил; од Метусаила, Ламех.\n19 Ламех зеде две жени. Едната се викаше Ада, а другата Села.\n20 Ада го роди Јавала, кој стана прататко на оние што живеат под шатори со добитокот.\n21 Името на брата му беше Јувал. Тој е прататко на сите кои свират на харфа и кавал.\n22 Села го роди Тувал-Каина, прататко на оние, кои коват орудија од бронза и железо. Името на Тувал-Каиновата сестра и беше Наама.\n23 Ламех им рече на своите жени: „Адо и Село, послушајте го мојот глас; Ламехови жени, чујте ја мојата беседа: убив човек, зашто ме рани, и дете, зашто ме удри.\n24 Ако Каин биде одмазден седмократно, Ламех ќе биде седумдесет и седумкратно!”\n25 Адам ја позна својата жена, па таа роди син и му го даде името Сит. Таа рече: „Бог ми даде друго дете место Авела, кого Каин го уби.”\n26 На Сит му се роди син, кому тој му го даде името Енос. Тогаш почнаа да го повикуваат Господовото име.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 541, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6196", "title": "Прва книга Мојсеева/ 3 глава", "text": "1 Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?”\n2 Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината.\n3 Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!’”\n4 А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете!\n5 Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”\n6 Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше.\n7 Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.\n8 Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината.\n9 Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”\n10 Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.”\n11 Тогаш му рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од дрвото, за кое ти заповедав да не јадеш?”\n12 Човекот рече: „Жената, која Ти ми ја даде со мене, таа ми даде од дрвото, па јадев.”\n13 Господ, Бог, и рече на жената: „Што е тоа што го стори?” „Змијата ме измами, па јадов,”- рече жената.\n14 Тогаш Господ, Бог, и рече на змијата: „Бидејќи го направи тоа, проклета да бидеш меѓу сите ѕверови и меѓу секое полско животно! По мевот ќе се влечеш и прав ќе јадеш Сите денови на својот живот!\n15 Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата.”\n16 А на жената и рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе.”\n17 А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!\n18 Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија.\n19 Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.”\n20 Човекот и го даде името Ева на својата жена, зашто таа стана мајка на сите живи.\n21 И Господ, им направи облеки од кожи на човекот и на неговата жена, и ги облече.\n22 И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!”\n23 Затоа Господ, Бог, го испрати надвор од Еденската Градина, за да ја обработува земјата, од која е и земен.\n24 И го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувими со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 603, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6200", "title": "Прва книга Мојсеева/ 5 глава", "text": "1 Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,\n2 Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.\n3 Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.”\n4 Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.\n5 Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.\n6 Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата.\n7 Господ рече: „Ќе ги истребам луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.”\n8 Ама Ное најде благодат во Господовите очи.\n9 Еве го Ноевото родословие: Ное беше праведен и непорочен човек во свое време. Ное одеше со Бога.\n10 Три сина му се родија на Ное: Сим, Хам и Јафет.\n11 Во Божјите очи земјата беше се расипала; земјата се наполни со насилства.\n12 И кога Бог виде како се расипа земјата - та секое суштество на земјата се изопачило -\n13 Бог му рече на Ное: „Одлучив да им биде крај на сите суштества, зашто земјата се наполни со насилства; и, еве, ќе ги уништам заедно со земјата.\n14 Направи си брод од гоферово дрво; направи го бродот со соби и намачкај го со смола внатре и надвор.\n15 А ќе го направиш вака: бродот нека биде триста лакти во должина, педесет во ширина, а триесет лакти во височина.\n16 Направи му отвор за светлина на бродот, заврши го на лакт до врвот; направи врата на бродот отстрана; направи три ката во него: долни, среден и горен.\n17 Еве, Јас ќе пуштам потоп - води на земјата - за да загине секое суштество под небото, сè во што има животен дух: сè на земјата треба да загине.\n18 А со тебе ќе склучам Завет; ти ќе влезеш во бродот - ти и твоите синови со тебе, твојата жена и жените на твоите синови.\n19 А од сè што е живо - од сите суштества - воведи во бродот по две од секое, за да преживеат со тебе, и нека бидат машко и женско.\n20 Од птиците според нивните видови, од животните според нивните видови, и од сите суштества што ползат по почвата според нивните видови: по две од сите нека влезат кај тебе, за да преживеат.\n21 Земи со себе сè за јадење па чувај го, за да има храна за тебе и за нив.”\n22 Ное направи така. Сè како што му заповеда Бог, така стори.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 471, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6202", "title": "Прва книга Мојсеева/ 6 глава", "text": "1 Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,\n2 Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.\n3 Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.”\n4 Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.\n5 Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.\n6 Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата.\n7 Господ рече: „Ќе ги истребам луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.”\n8 Ама Ное најде благодат во Господовите очи.\n9 Еве го Ноевото родословие: Ное беше праведен и непорочен човек во свое време. Ное одеше со Бога.\n10 Три сина му се родија на Ное: Сим, Хам и Јафет.\n11 Во Божјите очи земјата беше се расипала; земјата се наполни со насилства.\n12 И кога Бог виде како се расипа земјата - та секое суштество на земјата се изопачило -\n13 Бог му рече на Ное: „Одлучив да им биде крај на сите суштества, зашто земјата се наполни со насилства; и, еве, ќе ги уништам заедно со земјата.\n14 Направи си брод од гоферово дрво; направи го бродот со соби и намачкај го со смола внатре и надвор.\n15 А ќе го направиш вака: бродот нека биде триста лакти во должина, педесет во ширина, а триесет лакти во височина.\n16 Направи му отвор за светлина на бродот, заврши го на лакт до врвот; направи врата на бродот отстрана; направи три ката во него: долни, среден и горен.\n17 Еве, Јас ќе пуштам потоп - води на земјата - за да загине секое суштество под небото, сè во што има животен дух: сè на земјата треба да загине.\n18 А со тебе ќе склучам Завет; ти ќе влезеш во бродот - ти и твоите синови со тебе, твојата жена и жените на твоите синови.\n19 А од сè што е живо - од сите суштества - воведи во бродот по две од секое, за да преживеат со тебе, и нека бидат машко и женско.\n20 Од птиците според нивните видови, од животните според нивните видови, и од сите суштества што ползат по почвата според нивните видови: по две од сите нека влезат кај тебе, за да преживеат.\n21 Земи со себе сè за јадење па чувај го, за да има храна за тебе и за нив.”\n22 Ное направи така. Сè како што му заповеда Бог, така стори.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 471, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6206", "title": "Прва книга Мојсеева/ 8 глава", "text": "1 Тогаш Господ си спомна за Ное, за сите ѕверови и за сиот добиток што беше со него во бродот, па го раздвижи ветерот над земјата, за да ја отстрани водата.\n2 Изворите на бездната и небесните брани се затворија, и дождот од небото запре.\n3 Водите се повлекуваа бавно од земјата. По сто и педесет денови водите стивнаа,\n4 а во седмиот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот, бродот застана на горите на Арарат.\n5 Водите намалуваа непрекратно до десеттиот месец, а на првиот ден на десеттиот месец се покажаа планинските врвови.\n6 Кога поминаа четириесет денови, Ное го отвори прозорецот, што го имаше направено на бродот;\n7 и пушти гавран, што постојано одлетуваше и долетуваше, додека водите не се исушија од земјата.\n8 Потоа пушти гулаб, за да види дали ја снема водата од земјата.\n9 Но гулабот не најде место за своите нозе и се врати при него, во бродот, зашто водата ја покриваше целата земна површина; тој ја испружи раката, го фати гулабот и го внесе кај себе, во бродот.\n10 И почека уште седум дена, пак го испрати гулабот од бродот.\n11 Навечер гулабот се врати при него, и ете, во клунот имаше свеж маслинен лист; така Ное научи дека водите спаднаа на земјата.\n12 Потоа почека уште седум дена и пак го пушти гулабот: и тој веќе не се врати при него.\n13 Во шест стотини и првата година на Ноевиот живот, во првиот месец, на првиот ден на месецот, водата пресуши на земјата. Ное го дигна покривот на бродот и погледна, и ете, површината на земјата беше окопнета.\n14 А во вториот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот, земјата беше сува.\n15 Тогаш Бог му рече на Ное:\n16 „Излезете од бродот: ти, твојата жена, твоите синови и твоите снаи со тебе.\n17 Изведи ги, со себе, сите живи суштества, сите созданија што се со тебе: птиците, добитокот и сите лазачи, што ползат по земјата; нека се разотидат по земјата, нека се плодат и нека се множат на земјата.”\n18 И Ное излезе, а со него и: неговите синови, неговата жена и неговите снаи.\n19 И сите животни, сите лазачи, сите птици - сите созданија што се движат по земјата - излегоа од бродот, вид по вид.\n20 И Ное Му изгради жртвеник на Господа; зеде од секое чисто животно и од секоја чиста птица и принесе на жртвеникот жртви паленици.\n21 Господ го помириса пријатниот мирис и рече во Своето срце: „Никогаш повеќе нема да ја проколнувам земјата заради човекот; зашто човековите мисли се лоши од неговиот почеток; ниту некогаш ќе ги уништам сите живи суштества, како што направив.\n22 Сè додека постои земјата, никогаш нема да прекратат: сеидба и жетва, студот и горештината, летото и зимата, денот и ноќта.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 461, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6204", "title": "Прва книга Мојсеева/ 7 глава", "text": "1 Тогаш Господ му рече на Ное: „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот, зашто видов дека единствено ти си праведен пред Мене во ова време.\n2 Земи со себе од сите чисти животни по седум двојки: машкото и неговата женка.\n3 Исто така од небесните птици по седум двојки - машкото и женката - за да им се запази семето на земјата.\n4 Зашто, по седум дена, ќе пуштам дожд на земјата: четириесет денови и четириесет ноќи, та ќе го истребам од лицето на земјата секое живо суштество, што сум го создал.”\n5 Ное направи сè, како што му нареди Господ.\n6 Ное имаше шестотини години кога потопот дојде на земјата.\n7 И пред потопните води влегоа во бродот со Ное: неговите синови, неговата жена и жените на неговите синови.\n8 Од чистите животни и од животните што не беа чисти, од птиците, од сè што лази по земјата,\n9 влегоа по две - машко и женско - во бродот, со Ное, како што Бог му заповеда на Ное.\n10 А на седмиот ден, потопните води заплискаа врз земјата.\n11 Во оној ден - на шестотата година на Ноевиот живот, во вториот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот - бликнаа сите извори на бездната, се отворија сите небесни брани.\n12 И дожд удри да паѓа по земјата четириесет денови и четириесет ноќи.\n13 Во оној ден влегоа во бродот Ное и неговите синови: Сим, Хам и Јафет, Ноевата жена и трите жени на Ноевите синови со нив;\n14 тие, и сите видови животни: добитокот, лазачите што ползат по земјата, птиците и разновидни крилести суштества,\n15 влегоа во бродот со Ное, по две од сите суштества што имаат во себе жива душа.\n16 Сè што влезе беше двојка: машки и женски пол од сите суштества, како што Бог му нареди на Ное. Тогаш Господ ја затвори вратата зад него.\n17 Поројниот дожд паѓаше на земјата четириесет денови; водите растеа постојано и го носеа бродот: се дигна високо над земјата.\n18 Водите надоаѓаа бујно над земјата и растеа високо, а бродот пловеше по површината.\n19 Водите поплавуваа сè посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото.\n20 Водите се креваа петнаесет лакти над потонатите планини.\n21 Загинаа сите суштества што се движеа по земјата: птиците, добитокот, ѕверовите, сите лазачи и сите луѓе.\n22 Сè што имаше животно дишење во своите носалки - сè што беше на копното - загина.\n23 Беше истребено секое суштество од земјината површина: човекот, животните, лазачите и небесните птици, сè беше збришано од земјата. Останаа само Ное и оние што беа со него во бродот.\n24 Водите се задржаа над земјата сто и педесет денови.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 442, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6208", "title": "Прва книга Мојсеева/ 9 глава", "text": "1 Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата.\n2 Нека се плашат и нека треперат од вас сите животни на земјата, сите птици во воздухот,\n3 сè што се движи и живее нека ви биде за храна; ви дадов сè како што ви ја дадов зелената трева.\n4 Само не јадете го месото со неговиот живот, односно со неговата крв.\n5 А за вашата крв, за вашиот живот, ќе барам сметка: ќе ја барам од секое животно; и од човекот за неговиот брат; ќе барам сметка за човечкиот живот.\n6 Кој пролее човечка крв, Човек ќе ја пролее неговата крв! Зашто Бог го создаде човекот Според Својот образ.\n7 А вие, плодете се и множете се, наполнете ја земјата и подложете ја под себе!”\n8 Уште Бог им рече на Ное и на неговите синови, со него:\n9 „Еве, Јас го склучувам Својот Завет со вас и со вашето потомство, после вас,\n10 и со сите живи суштества што се со вас: со птиците, со добитокот, со ѕверовите, - со сè што излезе, со вас од бродот - со сите живи суштества на земјата.\n11 Го поставувам Својот Завет со вас, така што никогаш повеќе потопните води нема да ги уништат живите суштества, ниту пак некогаш потопот ќе ја опусти земјата.\n12 И Бог рече: „А ова е знакот на Заветот, Што го склучувам меѓу Себе и вас И со сите живи суштества што се со вас, За идните поколенија:\n13 Го сместувам Мојот божилак во облакот, За да биде залог за Заветот, Меѓу Мене и земјата.\n14 Кога ќе дотерам облаци над земјата, А божилакот се појави во облакот,\n15 Ќе си спомнам за Својот Завет, За Заветот меѓу Мене и вас И секое живо суштество: И потоп повеќе нема да има, За да го истреби секое суштество.\n16 Кога божилакот ќе се појави во облакот, Јас ќе го видам И ќе си спомнам за вечниот Завет Меѓу Бога и секоја жива душа, И секое тело на земјата.”\n17 И Бог му рече на Ное: „Тоа нека е знак на Заветот, што го склучив меѓу Себе и сите живи суштества на земјата.”\n18 Ноевите синови, што излегоа од бродот, беа: Сим, Хам и Јафет. А Хам е прататко на Ханаанците.\n19 Тројцава беа Ноеви синови и од нив се насели целиот свет.\n20 А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.\n21 Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.\n22 Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.\n23 А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.\n24 Кога Ное се отрезни од виното и дозна што му направи најмладиот син,\n25 рече: „Проклет да е Ханаан, и да им биде слуга на своите браќа!”\n26 Тогаш продолжи: „Благословен да е Господ, Симовиот Бог, а Ханаан ќе му биде слуга!\n27 Бог нека го рашири Јафета, аа да живее во Симовите шатори, Ханаан нека му е слуга!”\n28 А по потопот Ное поживеа триста и педесет години.\n29 Ное живееше вкупно девет стотини и педесет години; и почина.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 560, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6210", "title": "Прва книга Мојсеева/ 10 глава", "text": "1 Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.\n2 Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.\n3 А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.\n4 А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.\n5 Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.\n6 Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.\n7 А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.\n8 Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.\n9 Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!”\n10 Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.\n11 Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах\n12 и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град.\n13 Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците,\n14 Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците.\n15 Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете.\n16 Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците,\n17 Евејците, Арукејците, Асенејците,\n18 Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија,\n19 така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.\n20 Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи.\n21 А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.\n22 Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.\n23 А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш.\n24 И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер.\n25 А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан.\n26 Од Јоктана се родија: Алмодад, Шалеф, Хацармавет, Јарах,\n27 Адорам, Узал, Дикла,\n28 Овал, Авимаил, Шева,\n29 Офир, Евил и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови.\n30 Нивните населби се тегнеа од Меша сè до Сефар, планинско подрачје на исток.\n31 Тоа се Симовите синови според своите племиња, јазици, земји и народи.\n32 Тоа се семејствата на Ноевите синови според нивните поколенија, во нивните народи. Од нив се раширија народите по земјата, после потопот.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 399, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6212", "title": "Прва книга Мојсеева/ 11 глава", "text": "1 Целата земја имаше еден јазик и исти зборови.\n2 Ама кога луѓето се преселија од исток, најдоа рамница во Сенарската Земја, и се населија таму.\n3 И си рекоа еден на друг: „Ајде, да направиме плитари и да ги испечеме во оган!” Плитарите им беа место камен, а смолата место кал.\n4 Тогаш рекоа: „Ајде, да си изградиме град и кула, со врв до небото! Да си спечалиме име, за да не се распрснеме по целата земја!”\n5 Господ слезе да ги види градот и кулата, што луѓето ги градеа.\n6 И Господ рече: „Ете, еден народ се, со еден јазик за сите! Но, ова е само почеток на нивните настојувања. Сега ништо нема да им биде неостварливо, што и да намислат да направат.\n7 Да слеземе и да им го измешаме јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат.”\n8 Така Господ ги распрсна оттаму по целата земја и прекратија да го ѕидаат градот.\n9 Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја.\n10 Овие се Симови потомци: кога Сим имаше сто години - на две години по потопот - му се роди Арфаксад.\n11 По Арфаксадовото раѓање, Сим живееше пет стотини години и му се раѓаа уште синови и ќерки.\n12 Кога Арфаксад наполни триесет и пет години, му се роди Сала;\n13 а по Салиното раѓање Арфаксад живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.\n14 Кога Сала имаше триесет години, му се роди Евер;\n15 а по Еверовото раѓање Сала живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.\n16 Кога Евер имаше триесет и четири години, му се роди Фалек.\n17 По Фалековото раѓање, Евер поживеа четири стотини и триесет години, и му се родија уште синови и ќерки.\n18 Кога Фалек наполни триесет години, му се роди Рагав.\n19 По Рагавовото раѓање, Фалек живееше двеста и девет години, и му се родија уште синови и ќерки.\n20 Кога на Рагав му беа триесет и две години, му се роди Серух.\n21 По Серуховото раѓање, Рагав поживеа двеста и седум години, и му се народија уште синови и ќерки.\n22 Кога Серух имаше триесет години, му се роди Нахор.\n23 По Нахоровото раѓање, Серух живееше двеста години и му се родија уште синови и ќерки.\n24 Кога Нахор имаше дваесет и девет години, му се роди Тара.\n25 По Тариното раѓање, Нахор живееше сто и деветнаесет години, и му се природија уште синови и ќерки.\n26 Кога на Тара му беа седумдесет години, му се родија Аврам, Нахор и Аран.\n27 Ова е Тарино потомство: На Тара му се родија: Аврам, Нахор и Аран; а на Аран му се роди Лот.\n28 Аран почина пред татка си, во својата родна земја, во Халдејски Ур.\n29 Аврам и Нахор се оженија. Името на Аврамовата жена беше Сара, а на Нахоровата - Мелха, ќерка на Арам, татко на Мелха и Есха.\n30 Сара беше неротка, немаше пород.\n31 Тара ги поведе: својот син Аврам, својот внук Лот, Арановиот син, и својата снаа Сара, сопругата на сина си Аврама, и се запати, со нив, од Халдејскиот Ур кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа до Харан, се населија таму.\n32 А Тариниот век стигна до двеста и пет години; а тогаш Тара почина во Харан.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 558, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6216", "title": "Прва книга Мојсеева/ 13 глава", "text": "1 Така Аврам излезе од Египет кон Негев, (на југ) со својата жена и со сè што имаше, и Лот отиде со него.\n2 Аврам беше многу богат со добиток, сребро и злато.\n3 Одеше од место до место, од јужната страна до Ветил,\n4 до местото каде го имаше оптегнато неговиот шатор отпорано, меѓу Ветил и Гај, и каде подигна жртвеник. Таму Аврам го повика Господовото име.\n5 Исто и Лот, кој го придружуваше Аврама, имаше овци, говеда и шатори,\n6 така што земјата не можеше да ги издржува доколку останеа заедно. Нивниот имот беше голем и не можеа да престојуваат заедно.\n7 Меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток, избувнуваше спор. Во тоа време Ханаанците и Ферезејците живееја во таа земја.\n8 Затоа Аврам му рече на Лота: „Да не спориме јас и ти, ни моите пастири и твоите пастири, зашто сме браќа.\n9 Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене! Ако тргнеш налево, јас надесно; ако тргнеш надесно, јас налево.”\n10 Лот ги подигна очите и согледа колку е добро наводнувана Јорданската Долина, како некаква Господова градина, како Египетската Земја сè до Сигор, пред Господ да ги истреби Содом и Гомор.\n11 Затоа Лот ја избра целата Јорданска Долина и замина на исток. Така се одделија еден од друг.\n12 Аврам остана во Ханаанската Земја, додека Лот живееше во градовите на рамницата и ги преместуваше своите шатори до Содом.\n13 А жителите на Содом беа многу зли и грешни пред Господа.\n14 Господ му рече на Аврама, откако Лот се оддели од него: „Подигни ги своите очи, од местото каде си, и погледај кон север, југ, исток и запад,\n15 зашто сета земја, што можеш да ја видиш, ќе ти ја дадам тебе, и на твоето потомство довека.\n16 Ќе го направам твоето потомство како прав на земјата. Ако некој може да го изброи правот на земјата, тогаш ќе може да го преброи и твоето потомство.\n17 Стани! Помини ја земјата надолж и нашироко, зашто тебе ќе ти ја дадам.”\n18 Тогаш Аврам ги крена шаторите и дојде и се насели при дабот Мамра, што е во Хеврон. Таму Му направи жртвеник на Господа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 369, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6214", "title": "Прва книга Мојсеева/ 12 глава", "text": "1 Господ му рече на Аврама: „Излези од својата земја, од родното место и од татковиот дом; и оди во земјата што ќе ти ја покажам.\n2 Ќе направам голем народ од тебе, ќе те благословам, ќе го прославам твоето име и самиот ќе бидеш благослов.\n3 Јас ќе ги благословам оние, кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколнам оние, кои ќе те проколнуваат. И во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.\n4 Тогаш Аврам тргна, како што му рече Господ. И Лот тргна со него. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан.\n5 Аврам ги поведе со себе: својата жена Сара и својот внук Лот, со целиот имот што го спечалија и со сите луѓе што ги доби во Харан, и сите тргнаа кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа во Ханаан,\n6 Аврам ја пропатува земјата до местото Сихем - до дабот Море. Во тоа време Ханаанците живееја во земјата.\n7 Господ му се јави на Аврама и рече: „Ќе му ја дадам оваа земја на твоето потомство.” И Аврам му направи таму жртвеник на Господа, Кој му се јави.\n8 Оттаму се премести кон ридот, што е на исток од Ветил. Таму го оптегна својот шатор, меѓу Ветил на запад и Гај на исток. И таму Му направи жртвеник на Господа и го повика Господовото име.\n9 Потоа Аврам продолжи да патува сè кон југ, кон Негев.\n10 Кога настапи глад во земјата, Аврам слезе во Египет да поживее таму, зашто голем глад завладеа во земјата.\n11 Кога се наближи до влезот во Египет, и рече на својата жена Сара: „Знам дека си убава жена.\n12 Кога Египетците ќе те видат, ќе речат: ‘Тоа е неговата жена’, и мене ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива.\n13 Кажи дека си ми сестра, за да ми биде и мене добро заради тебе и да го запазат мојот живот заради твојот збор.”\n14 Навистина, кога Аврам влезе во Египет, Египетците видоа дека жената е многу убава.\n15 Ја видоа и фараоновите дворјани и му ја пофалија на фараонот и ја одведоа жената во фараоновиот дворец.\n16 Тој му направи добро на Аврама заради неа; Аврам имаше овци, говеда, ослиња, слуги, слугинки, ослици и камили.\n17 Но Господ ги удри фараонот и неговиот дом со големи проклетства заради Аврамовата сопруга Сара.\n18 Тогаш фараонот го повика Аврама и му рече: „Што е тоа што ми направи? Зошто не ми кажа дека ти е жена?\n19 Зошто ми рече - сестра ми е - па јас си ја зедов за жена. А сега, ете ти ја жената, земи ја и оди си.”\n20 И фараонот му одреди луѓе, кои го испратија со неговата жена и со сè што имаше.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 456, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6118", "title": "Блаже Конески", "text": "Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) - македонски писател, академик, јазичар и национален деец. Тој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.\n1 Творештво\n* Тешкото\n* „Од борбата“ (1947)\n*''Земјата и љубовта'' (поезија, 1948)\n*''Македонски правопис со правописен речник'' (со Крум Тошев, 1950)\n*''Граматика на македонскиот литературен јази''к (прв дел, 1952)\n*''За македонскиот литературен јазик'' (1952)\n*''Песни'' (1953)\n*''Граматика на македонскиот литературен јазик'' (втор дел, 1954)\n*''Везилка'' (поезија, 1955)\n*''Лозје'' (кратки раскази, 1955)\n*''Речник на македонскиот јазик'' (1961)\n*''Песни'' (1963),\n*''Историја на македонскиот јазик'' (1965)\n*''Речник на македонскиот јазик'' (книга втора, 1965)\n*''Речник на македонскиот јазик'' (книга трета, 1966)\n*''Стерна'' (поезија, 1966)\n*''Ракување'' (поема, 1969)\n*''Јазикот на македонската народна поезија'' (1971)\n*''Беседи и огледи'' (1972)\n*''Записи'' (поезија, 1974)\n*''Стари и нови песни'' (1979)\n*''Места и мигови'' (поезија, 1981)\n*''Чешмите'' (поезија, 1984)\n*''Македонскиот 19. век, јазични и книжевно-историски прилози'' (1986)\n*''Ликови и теми'' (есеи, 1987)\n*''Послание'' (поезија, 1987)\n*''Тиквешки зборник'' (студија, 1987)\n*''Средба во рајот'' (поезија, 1988)\n*''Црква'' (поезија, 1988)\n*''Дневник по многу години'' (проза, 1988)\n*''Златоврв'' (поезија, 1989)\n*''Поезија'' (Константин Миладинов), читање на Блаже Конески (1989)\n*''Сеизмограф'' (поезија, 1989)\n*''Македонски места и теми'' (есеи, 1991),\n*''Небесна река'' (песни и препеви, 1991),\n*''Светот на легендатата и песната'' (есеи и прилози, 1993),\n*''Црн овен'' (поезија, 1993)", "subject": ["Крсте Петков Мисирков"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B5_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 234, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6220", "title": "Прва книга Мојсеева/ 15 глава", "text": "1 По тие настани Бог му испрати слово на Аврама, во видение: „Не бој се, Авраме! Јас Сум твој штит; а твојата награда ќе биде многу голема.”\n2 Аврам рече: „Господи Боже, што ќе ми се даровите, кога останав без пород; кога овој Елиезер, од Дамаск, ќе го наследи мојот дом?”\n3 Аврам рече уште: „Ете, не ми даде потомство, и слугата роден во мојот дом ќе ми биде наследник.”\n4 Ама Господ пак му испрати слово: „Тој нема да стане твој наследник; туку ќе те наследи твојот потомок, кој ќе произлезе од твоето бедро.”\n5 Го изведе надвор и рече: „Погледај сега на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги преброиш.” И му рече: „Толкаво ќе биде твоето потомство.”\n6 Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност.\n7 Тогаш Тој му рече: „Јас Сум Господ, Кој те изведе од Халдејскиот Ур, за да ти ја предадам оваа земја во наследство!”\n8 А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе знам дека ќе биде моја?”\n9 Господ му одговори: „Принеси ми тригодишна јуница, тригодишна коза, тригодишен овен, грлица и гулапче.”\n10 Тој Му донесе сè тоа, ги расече наполовина и ги стави половините една спроти друга; птиците не ги пресече.\n11 Грабливи птици слетуваа на труповите, но Аврам ги растеруваше.\n12 При зајдисонце, длабок сон го опфати Аврама, а тогаш густ мрак се спушти врз него, полн со морничавост.\n13 И Господ му рече на Аврама: „Знај дека твоите потомци ќе бидат странци во туѓа земја; ќе робуваат и ќе бидат угнетувани четири стотини години;\n14 ама Јас ќе му судам на народот кому ќе му робуваат; и конечно ќе излезат со големо благо.\n15 А ти ќе отидеш при своите татковци во мир; ќе бидеш погребан во добра старост.\n16 Твоите потомци ќе се вратат тука во четвртото поколение, зашто уште не се исполни мерата на аморејските злодела.”\n17 А кога сонцето зајде и падна густа темнина, ете, дим како од печка, а огнен пламен помина меѓу расечените делови.\n18 Во тој ден Господ склучи завет со Аврама, велејќи: „Му ја давам земјава на твоето потомство, од Реката во Египет до Големата Река, реката Еуфрат:\n19 земјата на: Кенејците, Кенезијците, Кедмонејците,\n20 Хетејците, Ферезејците, Рафаимците,\n21 Аморејците, Ханаанците, Гергесејците и Евусејците.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 384, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6218", "title": "Прва книга Мојсеева/ 14 глава", "text": "1 Кога Амарфал беше цар на Сенар, Ариох цар на Елесар, Ходолгомор цар на Елам и Таргал цар на Гоим,\n2 тие почнаа војна против Вер, цар на Содом; Варса цар на Гомор; Сенара цар на Адма; Симовор цар на Севоим и против царот на Вала, што е сега Сигор.\n3 Сите тие се собраа во Сидимската Долина, каде е денес Соленото Море.\n4 Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но на тринаесеттата кренаа востание.\n5 Во четиринаесеттата година се кренаа Ходолгомор и царевите што беа со него и ги поразија: Рафајците во Карнаимскиот Астарот и Зузејците во Ам и Омејците во Киријатското Поле,\n6 и Хорејците во планинскиот крај Сир, близу до Фаранската Рамница, што е покрај пустината.\n7 Оттаму се повлекоа назад и стигнаа во Ен-Миспат, што е сега Кадис, и ја покорија целата земја на Амаликците и на Аморејците, кои живееја во Асасон-Тамар.\n8 Потоа истапи царот на Содом и царот на Гомор и царот на Адма и царот на Севоим и царот на Вала, што е сега Сигор, и стапија во борба против оние, кои беа во Сидимската Долина:\n9 против Ходолгомор, царот на Елам; Таргал, царот на Гоим; Амарфал, царот на Сенар; Ариох, царот на Еласар - четири цареви против пет.\n10 Сидимската Долина беше полна со дупки, од кои вадеа смола; та царевите на Содом и Гомор, бегајќи паднаа во нив, а другите избегаа на планината.\n11 Победниците ги зедоа сите богатства на Содом и Гомор и сета нивна храна и си отидоа.\n12 Го зедоа и Лот, Аврамовиот внук од брат - кој живееше во Содом - и целиот негов имот, и си отидоа.\n13 А еден што се спаси, брат Есхолов и Авнанов, Аврамови сојузници, му ја соопштија веста на Евреинот Аврам, кој живееше при дабот на Аморејска Мамра.\n14 Кога Аврам чу дека е заробен неговиот внук, ги собра своите момчиња - родени во неговиот дом - триста и осумнаесет обучени мажи, ги вооружи и тргна во потера до Дан.\n15 Ги подели своите момчиња во две групи, ги нападнаа ноќе и ги порази. Ги гонеше до Хова, северно од Дамаск.\n16 Го врати целиот имот; го врати и својот внук Лот, со сето негово богатство, а и жените и мажите.\n17 Откако се врати, по поразот на Ходолгомор и на царевите, кои беа со него, царот на Содом му излезе во пресрет во Савинската долина, што е Царски Дол.\n18 А Малхиседек, царот на Салим, изнесе леб и вино. Тој Му беше свештеник на Сèвишниот Бог.\n19 Го благослови велејќи: „Благословен да биде Аврам, Од Сèвишниот Бог, Творец на небото и земјата!\n20 Благословеи да биде и Сèвишниот Бог, Кој ти ги предаде непријателите во твои раце!”\n21 Тогаш содомскиот цар му рече на Аврама: „Дај ми ги луѓето, а имотот задржи го за себе!”\n22 Аврам му одговори на царот на Содом: „Ја кревам раката пред Сèвишниот Господ, Создателот на небото и земјата,\n23 и се колнам дека нема да земам ни конче ни ремче за обувка, ни што и да е твое, за да не речеш: ‘Аврам се збогати од мене’,\n24 освен она што го изедоа моите момчиња и делот на мажите, кои дојдоа со мене: Авнан, Есхол и Мамриј, тие нека си го земат делот.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 541, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6222", "title": "Прва книга Мојсеева/ 16 глава", "text": "1 Аврамовата жена Сара не му роди деца. А имаше слугинка Египетка, по име Агара.\n2 И Сара му рече на Аврама: „Гледаш, Господ ме направи неплодна. Влези кај мојата слугинка, можеби ќе добијам деца.” Аврам ги послуша Сарините зборови.\n3 И така, откако Аврам престојуваше десет години во Ханаанската Земја, неговата жена Сара ја зеде Агара, Египетката, нејзина слугинка, и му ја даде на својот маж Аврам за сопруга.\n4 Тој влезе кај Агара и таа зачна. А кога виде дека зачна, гледаше со презирање врз својата господарка.\n5 Тогаш Сара му рече на Аврама: „Неправдата што ми се нанесува е твоја вина! Ти ја дадов мојата слугинка во твоите прегратки, но таа откако забележа дека зачна, ме гледа со презир. Господ нека биде судија меѓу нас!”\n6 Тогаш Аврам и одговори на Сара: „Ете, твојата слугинка е во твоја рака: постапи со неа како што сакаш.” Сара се однесуваше со неа толку лошо што таа избега од неа.\n7 Господов ангел ја најде во пустината, при изворот - на патот кон Сур -\n8 и ја праша: „Агаро, Сарина слугинко, откаде доаѓаш и каде одиш?” А таа одговори: „Еве, бегам од својата господарка Сара.”\n9 А Господовиот ангел и рече: „Врати се кај господарката твоја и покори и се под нејзините раце!\n10 Ангелот Господен уште и рече: „Ќе го умножам мошне твоето потомство; не ќе може да биде избројано поради множеството.”\n11 Натаму Господовиот ангел и рече: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаил (Кого Бог Го Слуша), зашто Господ ја чу твојата мака.\n12 Тој ќе биде како диво осле: неговата рака ќе се крева на секого, и сечија рака на него; и тој ќе живее, во близина на сите свои браќа.”\n13 Таа Го нарече Господа, Кој и зборуваше: „Ти Си Сè видечки Бог (Ел Рои), зашто - таа рече - „Го видов Бога и после видувањето останав жива!”\n14 Затоа изворот се вика Вир-Лахај-Рои - Кладенец на Животворниот Сè видечки Бог; а ене го меѓу Кадис и Варад.\n15 Агара му роди син на Аврама, а Аврам му даде име Исмаил, на синот што му го роди Агара.\n16 Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаила.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 374, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6224", "title": "Прва книга Мојсеева/ 17 глава", "text": "1 Кога Аврам имаше деведесет и девет години, Господ му се јави и му рече: „Јас Сум Ел Шадај - Сè моќен Бог, оди по Мојот пат и биди непорочен.\n2 А Својот Завет го склучувам со тебе и ќе те размножам многу.”\n3 Аврам падна ничкум додека Господ му зборуваше уште:\n4 „А ова е Мојот Завет со тебе, ќе станеш татко на многу народи;\n5 и повеќе нема да се викаш Аврам (Висок Татко), туку името ќе ти биде Авраам (Татко на Множество), зашто те поставувам за татко на многу народи.\n6 Ќе те направам многу плоден; ќе произведам народи од тебе и цареви ќе произлезат од тебе.\n7 Го склучив Својот Завет меѓу Мене и тебе и твоето потомство, после тебе - Свој вечен Завет за векови: Јас ќе ви бидам Бог тебе и на твоето потомство, после тебе.\n8 Ви ја давам, тебе и на твоето потомство после тебе, земјата, во која престојуваш како придојденец, целата Ханаанска Земја, во вечна сопственост, а Јас ќе им бидам Бог.”\n9 Уште Бог му рече на Авраама: „А ти чувај го Мојот Завет - ти и твоето потомство по тебе низ сите родови.\n10 А ова е Мојот Завет, со тебе и со твоето потомство после тебе, што треба да го чувате: секое машко меѓу вас нека биде обрезано.\n11 Обрезувајте се и тоа нека е знак на Заветот меѓу Мене и вас.\n12 Секое машко среде вас, низ вашите поколенија, кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано, како она што е родено во вашиот дом, така и она што е купено со сребро од некој странец, кој не е од вашата крв.\n13 Да, и родениот во твојот дом и купениот со сребро треба да биде обрезан! Така Мојот Завет на вашите тела ќе остане вечен Завет.\n14 Машкото што не ќе биде обрезано, нека биде истребено од својот род: зашто го нарушило Мојот Завет.”\n15 После Бог му рече на Авраама: „На твојата жена Сара не и е повеќе името Сара: името ќе и биде Сбра.\n16 Ќе ја благословам неа и ќе ти дадам син од неа; ќе излеам благослов врз неа и ќе стане мајка на многу народи; цареви на народи ќе произлезат од неа.”\n17 Авраам падна ничкум и се насмеа и рече во себеси: „Зар може да му се роди дете на оној, кој има сто години? Зар Сбра ќе раѓа во деведесеттата година?”\n18 Авраам му рече на Бога: „Нека поживее Исмаил пред Тебе!”\n19 А Бог рече: „Сепак твојата жена Сбра ќе ти роди син; дај му име Исак. Својот Завет ќе го склучам со него; вечен Завет со него и со неговото потомство после него.\n20 Те послушав и за Исмаила. Еве го благословувам: ќе го направам плоден и ќе го размножам многу; дванаесет кнезови ќе произлезат од него и голем народ ќе направам од него.\n21 Но ќе го држам Својот Завет со Исак, кого ќе ти го роди Сбра, догодина во ова време.”\n22 Кога го заврши разговорот со него, Бог замина од кај Авраама.\n23 Потоа Авраам ги зеде: својот син Исмаил и сите кои беа родени во неговиот дом и сите што ги купи со сребро - сите машки домашни - и ги обреза во истиот ден, како што Бог му рече.\n24 Авраам имаше деведесет и девет години кога се обреза,\n25 а неговиот син Исмаил имаше тринаесет години кога го обреза.\n26 Така во истиот ден беа обрезани Авраам и неговиот син Исмаил;\n27 и сите машки во неговиот дом, како родените во неговата куќа, така и купените со сребро од странци - сите беа обрезани заедно со него.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 605, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6236", "title": "Прва книга Мојсеева/ 23 глава", "text": "1 Должината на Сбриниот живот беше сто дваесет и седум години.\n2 Сбра умре во Киријат Арва, односно во Хеврон, во Ханаанската Земја; и Авраам жалеше за Сбра и тажеше по неа.\n3 Потоа Авраам се крена од пред својата покојница и им прозбори на Хетевите синови:\n4 „Иако сум јас населен странец меѓу вас, продајте ми земја за гроб среде вас, така да можам да ја изнесам својата покојница и да ја погребам.”\n5 А Хетевите синови му одговорија на Авраама и му кажаа:\n6 „Послушај нè, господару! Ти си Божји избраник во наша средина. Погреби ја својата покојница во нашиот најдобар гроб. Никој од нас нема да ти го откаже својот гроб, за да можеш да ја погребеш својата покојница.”\n7 Тогаш Авраам стана и длабоко им се поклони на месните жители, на Хетевите синови\n8 и им рече: „Ако се согласувате со мене да ја отстранам својата покојница и да ја погребам, чујте ме: заземете се за мене пред Саровиот син Ефрон,\n9 за да ми ја продаде пештерата Махпела, што му припаѓа нему, а се наоѓа на крајот на неговата нива; нека ми ја продаде, по полна цена, во ваше присуство, во сопственост за погребение.”\n10 А Ефрон седеше меѓу Хетевите синови. Потоа Ефрон, Хетеец, му одговори на Авраама, за да чујат Хетевите синови со свои уши - сите што седеа во советот на оној град:\n11 „Не, мој господару! Послушај ме! Јас ти ја давам нивата и пештерата што е во неа; ти го подарувам тоа пред сите синови на својот народ. Погреби ја својата покојница.”\n12 Авраам им се поклони длабоко на месните жители,\n13 а тогаш му проговори на Ефрона, за да чујат месните жители со свои уши: „Ако сакаш, те молам, послушај ме! Ќе ти ја платам вредноста на нивата; прими ја од мене; за да можам да ја погребам таму својата покојница!”\n14 Ефрон му одговори на Авраама:\n15 „Чуј ме, мој господару: земја во вредност од четири стотини сребреници, што е тоа за тебе и за мене! И така, погреби ја својата покојница!”\n16 Авраам се согласи со Ефрона, му исплати онолку, колку што спомна, така што можеа да чујат со свои уши Хетевите синови - четири стотини сребреници, според трговската мера.\n17 И така Ефроновата нива во Махпела, спроти Мамвриј - нивата, пештерата и сите дрва што беа во нивата -\n18 преминаа во сопственост на Авраама, на очиглед на Хетевите синови, на сите кои седеа во советот на својот град.\n19 А тогаш Авраам ја погреба својата жена Сбра во пештерата на нивата Махпела, спроти Мамвриј, а тоа е Хеврон, во Ханаанската Земја.\n20 Така нивата и пештерата во неа, преминаа од Хетевите синови во сопственост на Авраама за погребување.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_23_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 453, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6230", "title": "Прва книга Мојсеева/ 20 глава", "text": "1 Оттаму Авраам тргна кон краиштата на Негев и се настани меѓу Кадис и Сур. Додека престојуваше како придојденец во Герар,\n2 Авраам рече за својата жена Сбра дека му е сестра. И Авимелех, герарскиот цар, ја зеде Сбра при себе.\n3 Но Бог дојде при Авимелеха ноќе, на сон, и му рече: „Треба да умреш заради жената која ја зеде, зашто таа е омажена жена.”\n4 А Авимелех не и се беше приближил. Затоа рече: „Господи, зар ќе погубиш праведник?\n5 Зар тој не ми рече: ‘Таа ми е сестра.’ А таа сама ми рече: ‘Тој ми е брат.’ Ова го сторив со чиста совест и со иеизвалкани раце”\n6 Бог му одговори на сон: „Знам дека тоа го стори со чиста совест; и Јас те задржав да не згрешиш против Мене; и не оставив да се допреш до неа.\n7 Сега врати му ја жената на човекот; тој е пророк; ќе моли за тебе, за да останеш во живот. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои.”\n8 Рано наутро Авимелех стана, ги свика сите свои слуги и им кажа сè што беше, и луѓето се исплашија многу.\n9 Потоа Авимелех го повика Авраама и му рече: „Што ни стори! Со што згрешив јас кон тебе, за да ме изложиш мене, и моето царство, на голем грев? Се однесе кон мене како што не чини.\n10 И така, што имаше на ум - го праша Авимелех - кога правеше така?”\n11 Авраам одговори: „Навистина сметав дека нема Божји страв во ова место и дека луѓето ќе ме убијат заради мојата жена.\n12 Освен тоа, таа е навистина моја сестра: ќерка е на татка ми, иако не и на мајка ми, па ми стана жена.\n13 А кога Бог ме оддалечи од татковиот дом, и реков: „Направи ми ја оваа услуга; каде и да дојдеме, кажи за мене дека сум ти брат.”\n14 Авимелех зеде овци и говеда, слуги и слугинки и му ги даде на Авраама; му ја врати и жена му Сбра.\n15 Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти е отворена. Насели се каде што ќе ти се види за добро!”\n16 А на Сбра и рече: „Еве илјада сребреници, што ги давам на твојот брат: нека ти биде превез пред очите на сите кои се со тебе. Ти си секако оправдана.”\n17 Авраам му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, неговата жена и неговите слугинки, така што пак можеа да раѓаат.\n18 Зашто Господ ја затвори секоја утроба, во Авимелеховиот дом, заради Авраамовата жена Сбра.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 430, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6234", "title": "Прва книга Мојсеева/ 22 глава", "text": "1 По тие настани Бог го стави на проверка Авраама. Го повика: „Аврааме!” Тој одговори: „Еве ме!”\n2 Бог продолжи: „Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.”\n3 Утрото Авраам стана рано, му стави самар на ослето и ги поведе со себе, двајцата свои слуги и сина си Исака, откако пред тоа нацепи дрва за жртва паленица, и се запати кон местото што Бог му го означи.\n4 На третиот ден Авраам ги подигна очите и го виде местото оддалеку.\n5 Тогаш Авраам им рече на слугите: „Вие останете тука покрај ослето, а јас и детето ќе одиме горе да се поклониме, па ќе се вратиме при вас.”\n6 Авраам ги зеде дрвата за жртвата паленица, ги натовари на сина си Исака, а во својата рака зеде оган за потпалување и нож. Така тргнаа двајцата заедно.\n7 Тогаш Исак му рече на татка си Авраама: „Татко!” „Еве ме, сине!” се јави тој. „Еве огнот и дрвата - пак рече синот - но каде е јагнето за жртвата паленица?”\n8 „Бог Самиот ќе си предвиди за јагнето за жртвата паленица, сине мој!” одговори Авраам. И го продолжија патот.\n9 Стигнаа до местото за кое зборуваше Бог. Тогаш Авраам подигна жртвеник, ги нареди дрвата, го врза својот син Исака и го положи над цепениците на жртвеникот.\n10 Сега Авраам ја испружи раката и го зеде ножот, за да го заколе сина си.\n11 Но Господов ангел од небото го повика и рече: „Аврааме! Аврааме!” „Еве ме!” одговори тој.\n12 „Не ја спуштај раката врз детето - рече - ниту му прави нешто! Еве, сега знам дека се боиш од Бога, зашто не го задржа од Мене ни својот син, својот единец.”\n13 Ги подигна Авраам очите и виде, и ете, зад него овен сплеткан со роговите во грмушка. Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе во жртва сèпаленица место сина си.\n14 Авраам му даде име на тоа место Јахве-Ире (Господ Промислува). Затоа се вели денес: „На Гората На Господовото Промислување.”\n15 Господовиот ангел го повика Авраама, од небото, по вторпат\n16 и рече: „Се заколнувам Сам со Себеси, Господ вели: бидејќи го направи тоа и не го задржа од Мене својот син единец,\n17 ќе го излеам Својот благослов на тебе и ќе го направам твоето потомство многубројно, како ѕвезди на небото и песок на морскиот брег! А твоите потомци ќе ги освојуваат вратите на своите непријатели.\n18 Бидејќи ја послуша Мојата заповед, сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство.”\n19 Потоа Авраам се врати при своите слуги и заедно се запатија кон Вирсавеа. Авраам се насели во Вирсавеа.\n20 По тие настани му соопштија на Авраама: „И на твојот брат Нахор - Мелха му народи деца:\n21 неговиот првороденец Уз, брата му Уза; и Камуела - Арамовиот татко,\n22 Кеседа, Азава, Филдеса, Едлафа и Ватуела.\n23 Ватуел беше Ревекин татко. Тие осуммина му ги роди Мелха на Нахора, Авраамовиот брат.\n24 А и неговата соложница, чие име беше Ревма, ги роди: Тавека, Гама, Тахаса и Мааха.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_22_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 522, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6232", "title": "Прва книга Мојсеева/ 21 глава", "text": "1 Господ се сети за Сбра како што рече, и стори за неа како што вети:\n2 Сбра зачна и му роди на Авраама син, во неговата старост - во времето што Бог го означи.\n3 Авраам му даде име Исак на синот, што му го роди Сбра.\n4 И по осум дни Авраам го обреза својот син Исак, како што Бог му нареди.\n5 А Авраам беше на сто години кога му се роди синот Исак.\n6 Сбра рече: „Бог ме направи за потсмев, и секој што ќе го чуе ова, ќе ми се насмее.”\n7 Уште додаде: „Кој би му рекол некогаш на Авраама: ‘Сбра ќе ти храни дете!’ Сепак му родив син во старост.”\n8 Детето растеше и го одбија од градата. А во денот, кога го одбија Исака, Авраам даде голема гозба.\n9 Сбра виде како синот на Египетката Агара, кого му го роди на Авраама, се поигрува со нејзиниот син Исак,\n10 и му рече на Авраама: „Изгони ги слугинката и нејзиниот син, зашто синот на робинката не смее да биде наследник со мојот син - со Исака!”\n11 Тоа не му беше мило на Авраама, зашто и Исмаил беше негов син.\n12 Но Бог му рече на Авраама: „Да не ти е тешко заради детето и заради својата слугинка; послушај сè што ти вели Сбра, зашто Исаковото семе ќе го овековечи твоето име.\n13 И од синот на твојата слугинка, ќе издигнам голем народ, зашто е твој потомок.”\n14 Рано наутро Авраам зеде леб и мев со вода па ги даде на Агара; ги стави на нејзините раменици и ја отпушти. Таа скиташе ваму-таму по пустината Вирсавеа.\n15 Откако ја потроши водата од мевот, го остави детето под една грмушка,\n16 а самата отиде и седна наспроти, далеку колку што може лак да фрли. Велеше во себе: „Нејќам да видам како умира детето.” Седејќи така, почна да плаче.\n17 Бог го чу плачењето на детето, и Божји ангел ја повика од небото Агара и и рече: „Што ти е, Агаро? Не бој се! Зашто Бог го чу плачот на детето во неговата неволја!\n18 Стани! Крени го детето и утеши го, зашто од него ќе издигнам голем народ.”\n19 Тогаш Бог и ги отвори очите и таа забележа извор на вода. Отиде и го наполни мевот со вода, па го напои детето.\n20 Бог беше со детето, па растеше и порасте. Живееше во пустината и стана искусен во стрелање со лак.\n21 Неговиот дом беше во пустината Фаран; а неговата мајка му доведе жена од Египетската Земја.\n22 Во тоа време, Авимелех - кого го придружуваше Филох, заповедник на неговата војска - му рече на Авраама: „Бог е со тебе во сè што правиш.\n23 Затоа, заколни ми се сега и тука во Бога, дека нема да нè мамиш ни мене, ниту моите роднини и пријатели, туку дека ќе се однесуваш чесно кон мене и кон земјата во која живееш сега, како што јас се однесов кон тебе.”\n24 „Се колнам”, одговори Авраам.\n25 Тогаш Авраам го укори Авимелеха заради водниот кладенец, што го присвоија Авимелеховите слуги.\n26 А Авимелех рече: „Не знам кој го направил тоа; ни ти не ме извести за тоа, ниту јас чув за тоа, освен денес.”\n27 Авраам зеде овци и говеда па му ги даде на Авимелеха, и тие двајца склучија договор.\n28 Потоа Авраам оддели настрана седум јагниња од стадото.\n29 Тогаш Авимелех го праша Авраама: „Што значат овие седум јагниња, што ги оддели настрана?”\n30 А тој одговори: „Прими ги седумве јагниња од моја рака, да ми бидат доказ дека јас го ископав кладенецов.”\n31 Затоа местото е наречено Вирсавеа (Заклетвен Кладенец), зашто обајцата се заколнаа таму.\n32 Откако склучија сојуз, при Вирсавеа, Авимелех и военачалникот на неговата војска Филох си отидоа и се вратија во земјата на Филистејците.\n33 Авраам засади гора при Тамариска Вирсавеа и таму го повика името на Господ - Вечниот Бог.\n34 Долго време престоја Авраам во Филистејската Земја како придојденик.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_21_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 661, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6226", "title": "Прва книга Мојсеева/ 18 глава", "text": "1 Потоа Господ му се јави кај дабот Мамра, додека седеше пред влезот на својот шатор, во дневната жега.\n2 Кога ги подигна очите, забележа тројца мажи, како стојат не далеку од него. Штом ги здогледа, се стрча од влезот на шаторот, за да ги пресретне. Им се поклони до земја\n3 и рече: „Господи мој, ако најдов милост во Твоите очи, не одминувај го Својот слуга!\n4 Нека донесат малку вода и ќе ги измијат Вашите нозе; и одморете се под дрвово.\n5 Ќе донесам малку леб да ги поткрепите Своите срца, пред да заминете натаму, зашто навративте при Свој слуга.” Тие одговорија: „Добро, стори како што рече!”\n6 Авраам побрза во својот шатор, при Сбра, и и рече: „Бргу! Три мери чисто брашно! Замеси го и испечи погачи!”\n7 Тогаш Авраам отрча кај добитокот, фати младо и згоено теле и му го даде на момокот да го зготви набрзина.\n8 После зеде маст, млеко и зготвено теле и ги стави пред нив; а самиот стоеше пред нив, додека јадеа.\n9 „Каде е жена ти Сбра?”- го прашаа. А тој одговори: „Ене ја во шаторот.”\n10 Тогаш еден од нив рече: „Јас пак ќе се вратам при тебе, догодина, во ова време; а твојата жена Сбра ќе има син.” Зад него, на влезот на шаторот, Сбра потслушнуваше.\n11 А Авраам и Сбра беа остарени, во напредната возраст. На Сбра и прекрати вообичаеното кај жените.\n12 Затоа Сбра се насмеа во себеси и си рече: „Откако овенав, сега ли ќе ја испитам радоста? Освен тоа и мојот господар е стар!”\n13 Тогаш Господ го праша Авраама: „Зошто се насмеа Сбра, велејќи: ‘Како ќе родам јас кога сум стара?’\n14 Има ли нешто невозможно за Господа? Ќе се вратам кај тебе откако ќе помине времето на бременоста: Сбра ќе има син.”\n15 Тогаш Сбра одрече, велејќи: „Не се смеев.” Дека се исплаши. Но Тој рече: „Да, ти се смееше!”\n16 Луѓето станаа и тргнаа кон Содом. Авраам тргна со нив, за да ги испрати.\n17 Господ рече: „Зар да го кријам од Авраама она што ќе го сторам,\n18 кога од Авраама ќе стане голем и броен народ, и во него ќе бидат благословени сите народи на земјата?\n19 Зашто Јас го познавам него, тој ќе ги поучува своите деца и својот дом после него како да одат по Господовиот пат и да прават она што е праведно и добро, така да може Господ да го исполни она што му го вети на Авраама.”\n20 Тогаш Господ продолжи: „Голема е викотница против Содом и Гомор, бидејќи нивниот грев е претежок.\n21 Ќе слезам долу да видам дали прават навистина така, како што вели тужбата што стигна до мене. Сакам да разгледам.”\n22 Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам стоеше уште пред Господа.\n23 Тогаш Авраам се приближи и рече: „Ќе го погубиш ли и невиниот со виновниот?\n24 Можеби има педесет праведници во градот. Зар ќе го уништиш местото и нема да го поштедиш заради педесетте невини, кои се таму?\n25 Далеку да е од Тебе тоа да го погубиш невиниот со виновниот, така што и праведниот и нечесниот да поминат исто! Далеку да е од Тебе! Зар ни Судијата на целиот свет нема да суди праведно?”\n26 „Ако најдам педесет праведни во градот Содом - одговори Господ - заради нив ќе го поштедам целото место.”\n27 „Еве, јас пак се осмелувам да му зборувам на Господа, - пак проговори Авраам. - Јас, кој сум прав и пепел:\n28 Можеби ќе има пет праведници помалку од педесет? Дали би го истребил целиот град заради петмината?” „Нема да го разурнам ако најдам таму четириесет и пет,” одговори.\n29 Авраам пак рече: „Можеби ќе се најдат таму само четириесет?” Тој одговори: „Нема да го сторам тоа заради четириесетмината.”\n30 Потоа рече: „Господ нека не се лути ако продолжам: „Можеби ќе се најдат таму само триесет?” Одговори: „Нема да го направам тоа ако најдам таму само триесет.”\n31 Продолжи натаму: „Еве, пак се осмелувам да му зборувам на Господа. Можеби ќе се најдат таму случајно само дваесет?” Тој одговори: „Нема да го истребам градот заради дваесетмината.”\n32 Најпосле рече: „Нека Господ не се гневи, ако речам само уште еднаш: Можеби случајно ќе има таму само десет?” Тој одговори: „Нема да го уништам заради десетте.”\n33 Кога Господ го заврши разговорот со Авраама, замина, а Авраам се врати во своето место.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 728, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6246", "title": "Прва книга Мојсеева/ 28 глава", "text": "1 Затоа Исак го повика Јакова, го благослови и му наложи: „Не земај жена од ханаанските девојки.\n2 Тргни веднаш за Падан Арам, во домот на Ватуил, татко и на мајка ти, и оттаму земи жена за себе, од ќерките на Лаван, брат на мајка ти.\n3 А Сèмоќниот Бог, Ел-Шадај, да те благослови и да те наплоди и умножи, така што да станеш множество народи.\n4 Нека ти го даде и тебе благословот даден на Авраама; тебе и на твоето потомство, така што ќе ја наследиш земјата, во која живееш како придојденец, а која Бог му ја даде на Авраама!”\n5 Така Исак го испрати Јакова, и тој отиде во Падан Арам, при Лавана, син на Арамеецот Ватуил, брат на Ревека, мајката на Јакова и Исава.\n6 Кога Исав виде дека Исак го благослови Јакова, кога го испраќаше во Падан Арам, за да си земе жена оттаму, наредувајќи му додека го благословуваше: „Не смееш да земеш жена од ханаанските девојки”,\n7 и дека Јаков ги послуша татка си и мајка си и отиде во Падан Арам,\n8 Исав сфати колку му се одвратни ханаанските девојки на татка му Исака.\n9 Затоа отиде при Исмаила и, покрај жените кои веќе ги имаше, се ожени за Маелета, ќерка на Исмаил, синот Авраамов, а сестра Новајотова.\n10 Јаков ја напушти Вирсавеа и се запати кон Харан.\n11 Стигна во некое место и преноќева таму, зашто сонцето веќе беше зајдено. Зеде еден камен од местото, го стави под главата и легна на тоа место.\n12 И виде сон: скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Божји ангели се искачуваа и слегуваа по неа.\n13 Покрај нив е Господ и му зборува: „Јас Сум Господ, Бог на твојот прататко Авраам и Бог Исаков. Земјата на која лежиш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство.\n14 Твои потомци ќе има како и прав на земјата; ќе се раширите на запад, исток, север и југ; преку тебе и преку твоето потомство ќе бидат благословувани сите народи на земјата.\n15 И ете, Јас Сум со тебе; ќе те чувам каде и да тргнеш, па ќе те доведам назад во оваа земја; и нема да те оставам додека не го извршам она што ти го ветив.”\n16 Јаков се разбуди од сонот и рече: „Навистина Господ се наоѓа на ова место, но јас не знаев!”\n17 Се уплаши и рече: „Колку е страшно ова место! Не е друго освен дом Божји, ова е врата небеска!”\n18 Рано наутро, Јаков го зеде каменот, што го беше ставил под главата, го исправи како столб и излеа масло врз неговиот врв.\n19 Тоа место го нарече Ветил, додека името на градот, пред тоа, беше Луз.\n20 Тогаш направи завет: „Ако Бог остане со мене и ме запази на патов, по кој одам; и ми даде леб да јадам и облека да се облекувам,\n21 така што да се вратам здрав во татковиот дом, Господ ќе биде мој Бог.\n22 А каменов што го исправив како столб, ќе биде Божји Дом. А од сè што ќе ми даваш, за Тебе ќе одвојувам десеток.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_28_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 523, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6247", "title": "Прва книга Мојсеева/ 29 глава", "text": "1 Јаков го продолжи патувањето и дојде во Источната Земја.\n2 Одеднаш забележа кладенец во полето. Три стада овци се одмараа околу него, зашто се напојуваа од кладенецот. Голем камен се наоѓаше врз кладенецот.\n3 Единствено кога ќе се собереа сите сточари таму, можеа да го поместат каменот од отворот и да ги напојат овците, потоа пак го ставаа каменот на неговото место, врз отворот на кладенецот.\n4 „Од каде сте, браќа мои?” ги праша Јаков. „Од Харан”, одговорија.\n5 „Дали го познавате - ги праша натаму - Нахоровиот син Лаван?” „Го познаваме”, одговорија.\n6 „Дали е здрав?”, пак ги праша. „Здрав е; и ете, доаѓа неговата ќерка Рахила со стадото”, одговорија.\n7 „Уште е многу рано - продолжи тој - не е време за прибирање на добитокот. Зошто не го напојувате и не го отерате на пасење?”\n8 „Не можеме додека не се соберат сите овчари - одговорија - да го отстранат каменот од отворот на кладенецот, така да можеме да ги напоиме овците.”\n9 Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахила со овците на татка си. Имено, беше овчарка.\n10 Кога Јаков ја здогледа Рахила, ќерката на Лавана, брат и на мајка му, со стадото на вујка му Лавана, Јаков се доближи и го измести каменот од отворот на кладенецот и го напои стадото на вујкото Лаван.\n11 Потоа ја пољуби Рахила, а тогаш заплака.\n12 И Јаков и кажа на Рахила дека тој е внук од сестра на татка и, син Ревекин. Таа се растрча и му соопшти на татка си.\n13 Кога Лаван ја чу веста за Јакова, за синот на својата сестра, му истрча во пресрет. Го прегрна и го пољуби, па го доведе во својот дом. Му раскажа на Лавана сè што му се случи.\n14 А тогаш Лаван рече: „Навистина, ти си моја коска и мое месо!” И Јаков живееше кај него цел месец.\n15 Лаван му рече: „Зар ќе ми служиш бесплатно, зашто си ми внук од сестра! Кажи ми колку ќе бараш за наем?”\n16 А Лаван имаше две ќерки. На повозрасната името и беше Лија, а на помладата Рахила.\n17 Лија имаше слаби очи, а Рахила беше складна и убава на лице.\n18 Бидејќи Јаков се вљуби во Рахила, рече: „Ќе ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахила.”\n19 Лаван одговори: „Подобро да ти ја дадам тебе, отколку на некој туѓинец. Остани со мене!”\n20 Така Јаков служеше, за Рахила, седум години, ама му се видоа, заради љубовта кон неа, како неколку дни.\n21 Потоа Јаков му рече на Лавана: „Дај ми ја мојата жена, зашто моето време се исполни, па сакам да влезам при неа.”\n22 Лаван ги собра сите луѓе од местото и им даде гозба.\n23 Но вечерта ја зеде својата ќерка Лија и неа ја воведе кај Јакова, и тој и пријде.\n24 Лаван и ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за слугинка.\n25 Кога бидна утро, а тоа, ете, Лија! Тогаш Јаков му рече на Лавана: „Зошто ми стори така! Зар не ти служев јас за Рахила? Зошто ме измами?”\n26 Лаван одговори: „Во нашето место не е обичај помладата да се омажи пред повозрасната.\n27 Заврши ја со неа свадбенава седмица, а тогаш ќе ти ја дадам и втората, за уште седум години служба при мене.” Јаков се согласи: ја сврши свадбената седмица.\n28 Тогаш Лаван му ја даде и ќерка си Рахила за жена.\n29 Лаван и ја даде својата слугинка Вала на ќерка си Рахила за слугинка.\n30 Тогаш Јаков и пристапи на Рахила. Ја љубеше Рахила повеќе отколку Лија. И така му служеше на Лавана уште седум години.\n31 Господ виде дека Лија не е љубена, па ја направи плодна, додека Рахила остана неротка.\n32 Лија зачна и роди син; му го даде името Рувим, а тоа значи, како што протолкува таа: „Господ ја виде мојата неволја и затоа сега мојот маж ќе ме љуби.”\n33 Пак зачна и роди син, па изјави: „Господ чу дека не сум љубена, затоа ми го даде и овој, и го нарече Симеон.”\n34 Пак зачна и роди син, па изјави: „Сега мојот маж ќе се приврзе кон мене: му родив три сина.” Затоа го нарекоа со името Левиј.\n35 А кога зачна уште еднаш и роди син, изјави: „Ќе го фалам Господа овој пат.” Затоа на синот му даде име Јуда. И прекрати да раѓа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_29_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 726, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6240", "title": "Прва книга Мојсеева/ 25 глава", "text": "1 Авраам си зеде уште една жена, по име Хетура.\n2 Таа му ги роди: Земрана, Јоксана, Мадана, Мадијама, Есвока и Шуаха.\n3 А од Јоксана се родија: Сава и Дедан. Деданови потомци се: Асуримците, Латусимците и Лаомимците.\n4 Мадијанови синови се: Гефа, Ефер, Енох, Авида и Елдага. Сите тие се Хетурини потомци.\n5 Авраам го пренесе целиот свој имот на Исака;\n6 а на синовите на своите соложници Авраам им даде само дарови и уште додека беше жив ги испрати кон исток - далеку од својот син Исак - во Источна Земја.\n7 Ова е должината на Авраамовиот живот што го проживеа: сто седумдесет и пет години.\n8 Потоа Авраам почина, умре во чесна старост - стар и полн со години - па им се придружи на своите луѓе.\n9 Неговите синови, Исак и Исмаил, го погребаа во пештерата Махпела, во нивата на Ефрон, син на Хетеецот Сахар, спроти Мамвриј.\n10 Тоа е полето што Авраам го купи од Хетевите синови. Таму се погребани Авраам и неговата жена Сбра.\n11 По Авраамовата смрт Бог го благослови неговиот син Исак. Исак живееше близу Вир-Лахај-Рои.\n12 Еве го родословието на Авраамовиот син Исмаил, кого му го роди на Авраама Сбрината слугинка, Египетката Агара.\n13 А ова се Исмаиловите синови, секој според своето име и раѓање: Исмаиловиот првенец - Навајот, Кидар, Адвеил, Мавсам,\n14 Масма, Дума, Маса,\n15 Адад, Тема, Етур, Нафис и Кедма.\n16 Тоа се Исмаиловите синови и тоа се нивните имиња според нивните населби и шатори: дванаесет кнезови на толку племиња.\n17 А ова е должината на Исмаиловиот живот: сто и триесет и седум години. Потоа издивна; умре и им се придружи на своите луѓе.\n18 Неговите потомци се населија од Евил до Сур, што е на исток од Египет, кога се оди кон Асирија. Се населија независно од своите браќа.\n19 Ова е родословие на Авраамовиот син Исак: Исак се роди од Авраама.\n20 Исак беше на четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерка на Арамеецот Ватуил од Падан Арам, а сестра на Арамеецот Лаван.\n21 Исак му се обрати на Бога за својата жена, зашто беше неродилка. Господ го послуша и неговата жена Ревека зачна.\n22 Но децата се судрија така, во нејзината утроба, што таа извика: „Ако е така, зошто да живеам!” И отиде да се посоветува со Господа.\n23 И Господ и рече: „Два народа се во твојата утроба; две племиња ќе се одделат од твоето крило. Едниот народ ќе биде посилен од другиот, повозрасниот ќе му служи на помладиот.”\n24 Дојде време да роди, кога ете - близнаци беа во нејзината утроба.\n25 Се појави првиот. Беше црвен, сиот обрастен како кожна наметка. Затоа го нарекоа Исав.\n26 Потоа се појави неговиот брат. Со раката се држеше за петицата на Исава. Затоа го нарекоа со името Јаков. Исак имаше шеесет години, кога се родија тие.\n27 Кога децата пораснаа, Исав стана искусен ловец, полски човек. Јаков беше кроток човек и живееше во шатори.\n28 Исав му беше помил на Исака, зашто сакаше дивеч, а Ревека го љубеше повеќе Јакова.\n29 Еден ден Јаков вареше јадење. Исав дојде од полето, гладен.\n30 Исав му рече на Јакова: „Дај ми да јадам од црвеното варило, зашто сум гладен.” Затоа му е името Едом.\n31 А Јаков одговори: „Отстапи ми го првин своето првородство!”\n32 Исав рече: „Еве ме речиси на умирање; зошто ми е првородството!”\n33 Јаков продолжи: „Заколни ми се првин!” Тој му се заколна, и така му го продаде на Јакова своето првородство.\n34 Тогаш Јаков му даде на Исава леб и варило од леќа. Јадеше и пиеше, па се крена и си отиде. Така Исав го презре своето првородство.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_25_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 608, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6228", "title": "Прва книга Мојсеева/ 19 глава", "text": "1 Вечерта, два ангела стигнаа во Содом, додека Лот седеше под Содомската врата. Кога Лот ги виде, стана и им тргна во пресрет. Им се поклони со лицето до земја, а тогаш им рече:\n2 „Ве молам, господари, вратете се во куќата на својот слуга, за да преноќевате и за да си ги измиете нозете; а утре рано тргнете на пат.” А тие рекоа: Не, ќе преноќеваме на улица.”\n3 Но тој ги викаше упорно и тие се вратија кај него и влегоа во неговата куќа. Тој ги нагости, им испече бесквасен леб и јадоа.\n4 Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, Содомците, млади и стари, целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата.\n5 Го викнаа Лота и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа ноќеска кај тебе? Изведи ни ги, за да ги познаеме?”\n6 Лот излезе пред нив, на влезот, и ја затвори вратата зад себе.\n7 „Браќа мои - им рече тој - ве молам, не правете го тоа зло!\n8 Еве, имам две ќерки, до кои маж уште не се допрел: ќе ви ги изведам нив, па правете со нив што сакате; само на овие луѓе не им правете ништо, зашто дојдоа под сенката на мојот покрив.”\n9 „Отстапи оттаму! - рекоа. - Дојде како придојденец, а веќе се поставува како судија. Сега ќе ти сториме тебе поголемо зло отколку ним.” И се засилија кон човекот, Лот, и се нафрлија на вратата, за да ја скршат.\n10 Тогаш двајцата ги испружија рацете надвор, го повлекоа Лота при себе, и ја затворија вратата;\n11 а луѓето пред вратата, младите и старите, ги заслепија со блесок, така што не можеа да ја најдат вратата.\n12 Тогаш двајцата го прашаа Лота: „Кого имаш уште тука: синови и ќерки, сè што имаш, изведи ги од местово!\n13 Зашто ние ќе го истребиме местово: викотницата против нив стана пред Господа, толку голема, што Господ нè испрати да го уништиме.”\n14 Лот излезе да им го каже тоа на своите идни зетови, што имаа намера да ги земат неговите ќерки, и рече: „Станете! Заминете од ова место, зашто Господ ќе го уништи градот!” Но на неговите зетови им се стори дека тој се шегува.\n15 Кога се замугри, ангелите настојуваа при Лота, велејќи: „Стани! Земи ги својата жена и своите две ќерки, што се тука, за да не бидеш погубен со казната на градот!”\n16 Ама тој се двоумеше. Затоа тие го фатија за раце, исто и неговата жена и неговите две ќерки, и - според Господовото смилување над нив - ги одведоа и ги оставија надвор од градот.\n17 Штом ги изведоа во полето, едниот проговори: „Бегај, за да го спасиш животот! Не се обѕрнувај, ниту запирај некаде во рамницата, за да не загинеш!”\n18 Но Лот одговори: „Не така, господине!\n19 Туку, ако твојот слуга најде милост во твоите очи - а веќе ми искажа толкава милост, спасувајќи ми го животот - јас не можам да побегнам во планината, а да не ме најде несреќа и да загинам.\n20 Ене град онаму, доста е близу за да побегнам во него, а местото е толку мало. Остави ме да избегам онаму - местото е навистина мало - дај, да го спасам животот!”\n21 Му одговори: „Ќе ја послушам и таа твоја молба, и нема да го разурнам градот за кој зборуваш.\n22 Бргу! Бегај онаму, зашто не можам да направам нешто додека ти не стигнеш таму.” Затоа градот се вика Сигор.\n23 Додека сонцето изгреваше над земјата, Лот влегуваше во Сигор.\n24 Господ истури сулфурен оган од небото на Содом и Гомор,\n25 и ги уништи оние градови, и сета таа рамница, сите градски жители и сите растенија на земјата.\n26 А Лотовата жена се обѕрна, и се претвори во столб од сол.\n27 Утреден, рано во мугрите, Авраам поита на местото каде што стоеше пред Господа,\n28 го насочи погледот кон Содом и Гомор и кон сета рамница во далечина: и виде како се крева дим над земјата, како дим од некаква печка.\n29 И така Бог, додека ги разурнуваше градовите во рамницата, во кои живееше Лот, се сети за Авраама и го отстрани Лота од пропаст.\n30 Лот се плашеше да живее во Сигор, па, со своите две ќерки, отиде од Сигор горе и се настани во планината. Тој и неговите две ќерки живееја во пештера.\n31 Постарата и рече на помладата: „Татко ни остаре, а на земјата нема маж за да влезе при нас, како што е обичај по цел свет.\n32 И така, да го испијаниме со вино нашиот татко, и да легнеме со него: така со таткото ќе го запазиме потомството.”\n33 Во онаа ноќ го испијанија таткото со вино, и постарата отиде да легне со татка си, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.\n34 На другиот ден постарата и рече на помладата: „Ете, сношти јас лежев со татка ни; да го испијаниме и ноќеска, па оди и ти да лежиш со него: така ќе му го запазиме потомството на таткото.”\n35 Го испијанија таткото со вино и во таа ноќ, па помладата отиде и легна со него, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.\n36 Така обете Лотови ќерки забременија од таткото.\n37 Постарата роди син и му даде име Моав (Тој е од мојот татко). Тој е прататко на денешните Моавци.\n38 И помладата роди син и му даде име Бен-Ами (Тој е син на мојот род). Тој е прататко на денешните Амонци.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 907, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6242", "title": "Прва книга Мојсеева/ 26 глава", "text": "1 Во земјата настапи глад, различен од поранешниот, што беше за времето на Авраама, па Исак отиде при Авимелеха, царот на Филистејците во Герар.\n2 Господ му се јави и рече: „Не слегувај во Египет: живеј во земјата, што ќе ти ја покажам.\n3 Настани се во таа земја, Јас ќе бидам со тебе и ќе те благословувам; тебе и на твоето потомство ќе ви ги дадам сите овие земји, за да ја исполнам заклетвата со која му се заколнав на татка ти Авраама.\n4 Ќе го умножам твоето потомство како ѕвезди на небесата и на твоето потомство ќе му ги дадам сите овие краеви, така што преку твоето потомство ќе бидат благословувани сите народи на земјата;\n5 бидејќи Авраам го слушаше Мојот глас и им се покоруваше на Моите заповеди, на Моите закони и одредби!”\n6 Така Исак остана во Герар.\n7 Кога месните жители го прашаа за неговата жена, рече: „Таа ми е сестра.” Се плашеше да рече: „Таа ми е жена,” мислејќи: „Месните жители можат да ме убијат заради Ревека, зашто е убава.”\n8 Бидејќи таму се задржаа подолго, царот на Филистејците Авимелех еднаш погледна низ прозорецот и виде дека Исак ја милува својата жена Ревека.\n9 И Авимелех го повика Исака и рече: „Така, таа ти е жена! Како можеше да речеш дека ти е сестра?” Исак му одговори: „Зашто мислев дека можам да загинам заради неа.”\n10 Авимелех рече: „Зошто ми направи така? За малку еден од мојот народ не легна со твојата жена, и ти би нè вовел нас во грев.”\n11 Тогаш Авимелех му објави повелба на својот народ: „Кој ќе се допре до овој човек и до неговата жена, ќе ја изгуби главата.”\n12 Исак посеа во онаа земја, и во тоа лето му роди стопати повеќе. Господ го благословуваше,\n13 и човекот стануваше сè побогат.\n14 Спечали стада со овци и говеда, доби и многу слуги, така што Филистејците му завидеа.\n15 Затоа Филистејците ги затрупаа сите кладенци, што ги беа ископале слугите на татка му - во времето на неговиот татко Авраам - и ги наполнија со земја.\n16 Тогаш Авимелех му рече на Исака: „Оди си од нас, зашто стана многу посилен од нас!”\n17 Така Исак си отиде оттаму. Го оптегна својот шатор во Герарската Долина и се настани таму.\n18 Исак пак ги ископа кладенците за вода, што беа ископани во времето на татка му Авраама, а што Филистејците ги беа наполниле со земја по Авраамовата смрт. Тој ги нарече со истите имиња, со кои ги нарече и неговиот татко.\n19 Но кога Исаковите слуги, додека копаа во долината, таму најдоа кладенец со жива вода,\n20 пастирите од Герар спореа со Исаковите пастири, велејќи: „Водата е наша!” На кладенецот му го даде името Есек, зашто спореа со нив.\n21 А кога ископаа друг кладенец, па спореа и заради него, го нарекоа со името Ситна.\n22 Тој се пресели оттаму и ископа друг кладенец. Не спореа заради него, па го нарекоа со името Ровот и протолкуваа: „Зашто Господ ни даде пространство за да се намножиме на земјата.”\n23 Оттаму се искачи во Вирсавеа.\n24 Господ му се јави во истата ноќ и рече: „Јас Сум Бог на татка ти Авраама: Не бој се, Јас Сум со тебе! Ќе те благословам, ќе ти ги умножам потомците, заради својот слуга Авраама.”\n25 Исак издигна жртвеник таму и Го повика Господа по име; постави таму свој шатор, а неговите слуги почнаа да копаат кладенец.\n26 Тогаш при него дојде Авимелех од Герар, со својот советник Охозат и со Фихол, началник на војската.\n27 Исак ги праша: „Зошто дојдовте при мене кога ме мразите и кога ме истеравте од себе?”\n28 Тие одговорија: „Гледаме јасно дека Господ е со тебе: заклетвата нека биде врска меѓу нас и тебе. Дај да склучиме сојуз со тебе:\n29 ти нема да ни нанесуваш зло, како што ние не те злоставувавме тебе, туку секогаш постапувавме добро со тебе и те отпуштивме со мир. А сега Господовиот благослов е на тебе.”\n30 Тој им даде гозба, па јадеа и пиеја.\n31 Рано наутро се заколнаа едни на други. Потоа Исак ги испрати, и тие си отидоа од кај него, со мир.\n32 Во истиот ден Исаковите слуги дојдоа и го известија за кладенецот, што го ископаа и му рекоа: „Најдовме вода.”\n33 Тој го нарече Савеа. Затоа името на градот до денес е Вирсавеа.\n34 Кога Исав беше на четириесет години, ги зеде за жени: Јудита, ќерка на Хетеецот Веири, и Васемата, ќерка на Хетеецот Елон.\n35 Тие станаа извор на огорчение за Исак и Ревека.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_26_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 762, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6250", "title": "Прва книга Мојсеева/ 30 глава", "text": "1 Откако Рахила виде дека не му раѓа деца на Јакова, и завиде на својата сестра и му рече на Јакова; „Дај ми деца! Инаку ќе умрам!”\n2 Јаков се налути на Рахила и рече: „Зар сум Бог, Кој ја лиши твојата утроба од плод?”\n3 А таа одговори: „Еве ја мојата слугинка Вала: влези при неа, па нека роди на моите колена, па така и јас ќе добијам деца преку неа.”\n4 И така, му ја даде за жена својата слугинка Вала, и Јаков и пристапи.\n5 Вала зачна и му роди на Јакова син.\n6 Тогаш Рахила рече: „Господ ми пресуди право. Го послуша мојот глас и ми даде син.” Затоа му го даде името Дан.\n7 Рахилината слугинка Вала зачна пак и му роди на Јакова втор син.\n8 Тогаш Рахила рече: „Жестоко се борев со сестрата, ама победив.” Затоа го нарече Нефталим.\n9 А откако Лија виде дека прекрати да раѓа, ја зеде својата слугинка Зелфа, па му ја даде на Јакова за жена.\n10 И Кога Лиината слугинка Зелфа му роди син на Јакова,\n11 Лија воскликна: „Доаѓа среќа!” Затоа го нарече со името Гад.\n12 Лиината слугинка Зелфа му роди на Јакова и втор син,\n13 и Лија воскликна пак: „Блазе ми! Жените ќе ме викаат блажена!” Затоа го нарече со името Асир.\n14 Еден ден, во времето на пченичната жетва, Рувим најде мандрагори во полето, па и ги донесе на мајка си Лија. И Рахила и рече на Лија: „Дај ми од мандрагорите на сина си!”\n15 А Лија одговори: „Зар не ти е доста што ми го одзеде мажот, па уште сакаш да ги земеш од мене и мандрагорите на мојот син?” Рахила одговори: „Па добро, Јаков нека лежи со тебе ноќеска, во замена за мандрагорите на твојот син.”\n16 Кога Јаков стигна од поле, приквечер, Лија му излезе во пресрет и му рече: „Ти треба да дојдеш при мене, зашто те зедов под наем за мандрагорите на мојот син.” Таа ноќ тој лежеше со неа.\n17 Бог ја послуша Лија; таа зачна па му го роди на Јакова петтиот син.\n18 Тогаш Лија рече: „Бог ми врати со награда, затоа му ја отстапив својата слугинка на мажа си.” Затоа на синот му даде име Исахар.\n19 Лија зачна пак и му го роди на Јакова шестиот син.\n20 Тогаш Лија рече: „Бог ме дарува со скапоцен дар; сега мојот маж ќе ми даде дарови: па му родив шест синови.” Затоа го нарече Завулон.\n21 Потоа роди ќерка и и го даде името Дина.\n22 А Господ се сети за Рахила: Бог ја послуша и ја отвори нејзината утроба.\n23 Таа зачна и роди син, па рече: „Бог го отстрани мојот срам!”\n24 Му го даде името Јосиф, велејќи: „Господ нека ми придаде и друг син!”\n25 Откако Рахила го роди Јосифа, Јаков му рече на Лавана: „Пушти ме да си одам во мојот роден крај!\n26 Дај ми ги моите жени, за кои ти служев, и моите деца, за да можам да си одам: па добро знаеш како ти служев.”\n27 А Лаван одговори: „Не си оди, ако си ми пријател. Знам дека Господ ме благословуваше заради тебе.”\n28 И уште рече: „Одреди си плата, каква сакаш од мене, и ќе ти ја дадам.”\n29 Тој му одговори: „Ти добро знаеш што значеше мојата служба за тебе и како му беше на твојот добиток при мене.\n30 Тоа малку што го имаше пред моето доаѓање, се зголеми мошне многу, зашто каде и да поминував, Господ те благословуваше на моите чекори. А сега е време да поработам и за својот дом.”\n31 Тој го праша: „Колку да ти платам?” Јаков одговори: „Не ми плаќај ништо! Пак ќе го пасам и ќе го чувам твоето стадо, ако ми го сториш ова:\n32 Остави ме да поминам денес низ твоето стадо и да ја одделам од него секоја капчеста и шарена овца и секое црникаво од јагнињата и секоја капчеста и шарена од козите! Тоа нека ми биде плата!\n33 А во иднина кога со своите очи ќе ја проверуваш мојата плата, мојата чесност ќе биде сведок за мене: ако се најде меѓу моите кози една што не ќе биде шарена или капчеста, или меѓу јагнињата што не ќе биде црникаво, нека се смета за крадено!”\n34 Лаван рече: „Добро, нека биде како што кажа.”\n35 Но во тој ден, Лаван ги оддели сите шарени и дамкасти јарци, и сите жолтоцрвеникави и шарени кози - секоја што имаше бело на себе и секое црникаво од јагнињата па им ги предаде на своите синови.\n36 И оттаму, каде Јаков го пасеше остатокот на Лавановото стадо, се оддалечи на околу три дни одење.\n37 А Јаков зеде млади зелени прачки од топола, леска и јавор; вреза во нив белини, меѓу оставена кора, така што се гледаше белото на прачките.\n38 Така нашараните прачки ги стави во коритата, во поилата од кои пиеше добитокот. А бидејќи добитокот се спаруваше кога доаѓаше при водата,\n39 јарците се расплодуваа покрај прачките, па затоа козите окозуваа дамкасти, капчести и шарени јариња.\n40 Така Јаков ги одделуваше и овците и им ги вртеше главите кон шарените или кон сосем црните, што беа во Лавановото стадо.\n41 Освен тоа, кога и да се спаруваше добро порастениот добиток, Јаков ги ставаше прачките во коритата, токму пред очите на животните, така што се оплодуваа пред прачките.\n42 Но не ги ставаше пред послабите. Така послабите му паѓаа на Лавана, а добро развиените на Јакова.\n43 Така човекот се збогати сосем многу; придоби многу добиток, и слуги и слугинки, и камили и ослиња.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_30_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 932, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6244", "title": "Прва книга Мојсеева/ 27 глава", "text": "1 Исак остаре, му гаснеше очниот вид. Затоа го повика својот повозрасен син Исав и му рече: „Сине!” Тој му одговори: „Еве ме!”\n2 А тој продолжи: „Гледаш, остарев, а не го знам денот на својата смрт.\n3 Затоа земи ја својата спрема, тулот и лакот, па оди во пустината и налови ми дивеч.\n4 Тогаш зготви ми вкусно јадење, какво што сакам, па донеси ми да јадам и да можам да те благословам пред да умрам.”\n5 Ревека слушаше додека Исак му зборуваше на сина си Исава, и кога Исав отиде во полето да налови дивеч за татка си.\n6 Ревека му рече на својот син Јаков: „Ете, чув како татко ти му зборуваше на твојот брат Исав:\n7 „Донеси ми дивеч и зготви ми вкусно јадење да јадам, па да те благословам пред Господовото лице, пред да умрам.”\n8 А сега, сине мој, послушај ме и направи како што ќе ти наредам.\n9 Оди при стадото и донеси ми оттаму две убави јариња, а јас ќе му зготвам од нив на твојот татко вкусно јадење, какво што тој сака.\n10 Тогаш ти ќе му однесеш на татка ти да јаде, за да може да те благослови тебе, пред да умре.”\n11 Но Јаков и одговори на својата мајка Ревека: „Мојот брат Исав е влакнест, а јас сум без влакна!\n12 Можеби татко ми ќе ме допре, и ќе излезам измамник во неговите очи, па ќе навлечам врз себе проклетство, а не благослов.”\n13 Ама мајка му му одговори: „Сине мој, твоето проклетство нека падне врз мене! Само ти послушај ме, оди и донеси!”\n14 Тој отиде, најде и и донесе на мајка си, а мајка му зготви вкусно јадење, какво што сакаше татко му.\n15 Потоа Ревека ја зеде најубавата облека на својот повозрасен син Исав, што ја имаше во куќата, и го облече во неа својот помлад син Јаков.\n16 Му ги завитка рацете и голиот дел на вратот со кожа од јариња.\n17 Потоа му ги даде во рацете на Јакова: јадењето и лебот, што ги имаше приготвено.\n18 Тој отиде при татка си и рече: „Татко!” Тој одговори: „Еве ме. Кој мој син си ти?”\n19 А Јаков му одговори на татка си: „Јас сум Исав, твојот првороденец; направив како што ми рече. Сега стани, седни па јади од мојот лов, за да можеш тогаш да ме благословиш.”\n20 Исак го праша својот син: „Како успеа толку бргу, сине мој?” Тој одговори: „Бидејќи Господ, твојот Бог, ми беше милостив.”\n21 Потоа Исак му рече на Јаков: „Приближи се, сине мој, да те опипам дали си ти навистина мојот син Исав или не си.”\n22 Јаков се доближи до татка си Исака, кој го опипа и рече: „Гласот е Јаковов, но рацете се Исавови.”\n23 Не го препозна, зашто рацете му беа влакнести, како и рацете на брата му Исава. Кога сакаше да го благослови,\n24 го праша уште еднаш: „Ти ли си навистина мојот син Исав?” Тој одговори: „Јас сум.”\n25 Потоа Исак рече: „Стави пред мене, да јадам од ловот на мојот син, па да те благослови мојата душа.” Јаков го послужи, и јадеше. Потоа му донесе вино, и пиеше.\n26 Неговиот татко Исак му рече: „Приближи се, сине мој, и пољуби ме!”\n27 Кога се доближи и го пољуби, Исак го почувствува мирисот на неговата облека и го благослови: „Ете! Мирисот на сина ми сличен е на мирисот на полето, што Господ го благослови.\n28 Бог нека ти даде роса од небото и плодност на земјата: изобилство на жито и вино.\n29 Народите да ти служат, племињата да ти се поклонуваат! Да господариш над своите браќа, синовите на мајка ти нека се поклонуваат пред тебе! Проклет да биде кој те проколнува; благословен - кој те благословува!”\n30 Тукушто Јаков се оддалечи од татка си Исака - откако Исак го благослови Јакова - неговиот брат Исав дојде од лов.\n31 И тој зготви вкусно јадење и му го донесе на татка си. И му рече на својот татко: „Стани, татко мој, и јади од ловот на сина си, за да можеш да ме благословиш тогаш!”\n32 А неговиот татко Исак праша: „Кој си ти?” Тој одговори: „Јас сум твојот првороденец Исав!”\n33 Исак се исплаши многу: „А кој беше тогаш оној, што налови дивеч и веќе ми донесе? Јадов пред да дојдеш ти; го благословив оној и благословен ќе остане.”\n34 Штом Исав ги чу зборовите на татка си извика гласно и заплака горко, па му рече на татка си: „Благослови ме и мене, татко!”\n35 А тој одговори; „Твојот брат дојде со измама и го однесе твојот благослов.”\n36 „Веројатно затоа што името му е Јаков, веќе двапати ме измами - рече Исав. - Ми го одзеде првородството, а сега, еве, ми го одзеде и благословот.” Тогаш прирече: „Зар не задржа за мене некаков благослов?”\n37 Исак му одговори на Исава: „Веќе го поставив него за твој господар; нему му ги дадов сите негови браќа за слуги; го надарив со жито и вино. А што можам сега да сторам за тебе, сине мој?”\n38 Исав му одговори на својот татко: „Зар ти, татко, располагаш само со еден благослов? Благослови ме и мене, татко мој!” Исав плачеше гласно.\n39 Тогаш татко му Исак проговори и рече: „Твојот дом ќе биде далеку од плодната почва, Далеку од росата од небото.\n40 Ќе живееш од својот меч, ќе му служиш на брата си. Но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го стресеш неговиот јарем од својот врат.”\n41 Исав го замрази Јакова заради благословот, со кого неговиот татко го благослови, па си рече во себеси: „Штом ќе дојдат деновите на жалост по татка ми, ќе го убијам брата си Јакова.”\n42 Кога и ги соопштија на Ревека тие зборови, што ги рекол нејзинио повозрасен син Исав, таа го повика помладиот си син Јаков и му рече: „Внимавај! Брат ти Исав има мисла да те убие.\n43 Но ти, сине мој, послушај ме: веднаш бегај при брата ми Лавана во Харан.\n44 Остани некое време кај него, додека бесот на брата ти тлее кон тебе;\n45 додека помине гневот на брата ти и тој заборави што си му сторил. Тогаш јас ќе испратам по тебе и ќе те доведам оттаму. Зошто да ве изгубам двајцата во еден ден!”\n46 Потоа Ревека му рече на Исака: „Ми здодеа мојот живот заради овие жени Хетејки. Ако и Јаков се ожени со некоја Хетејка, какви што се домородкиве, зошто ми е тогаш животот!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_27_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1073, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6254", "title": "Прва книга Мојсеева/ 32 глава", "text": "1 Јаков одеше по својот пат, кога во пресрет му излегоа Божји ангели.\n2 Штом Јаков ги забележа, рече: „Ова е Божјо воинство!” Затоа го нарече местото Маханаим.\n3 Јаков испрати гласници, пред себе, до брата си Исава во Сирската Земја во месноста Едом,\n4 и им наложи: „Вака ќе му речете на мојот господар Исав: ‘Твојот слуга Јаков ти порачува: „Живеев при Лавана, се задржав таму досега.\n5 Придобив говеда, ослиња, овци, слуги и слугинки. Му го соопштувам ова на својот господар, за да најдам милост во неговите очи.’”\n6 Гласниците се вратија при Јакова и му рекоа: „Бевме кај твојот брат Исав; самиот тој ти доаѓа во пресрет со четири стотини момчиња.”\n7 Јаков се исплаши многу. Во загриженоста, ги подели во две дружини: луѓето, стадата, говедата и камилите, што беа со него.\n8 Сметаше: „Ако Исав налета на едната дружина и ја нападне, другата ќе може да се спаси.”\n9 Тогаш Јаков се помоли: „О, Боже на татка ми Авраама! Боже на мојот татко Исак! О, Господи, Кој ми нареди: ‘Врати се во својот роден крај, и Јас ќе ти сторам добро!’\n10 Не сум достоен за сета добрина што му ја искажуваше на својот слуга постојано. Зашто некогаш само со својот стап поминав преку Јордан, а сега станав две дружини.\n11 Избави ме од рацете на брата ми, од Исавовите раце! Инаку се плашам дека може да дојде и да нè убие: и мене, и мајките, и децата.\n12 Ти рече: ‘Ќе ти давам изобилно добрини и твоето потомство ќе го умножам како морскиот песок, што не може да биде изброен заради своето множество.’”\n13 Таму ја помина ноќта; а потоа, од она што имаше при рака, му приготви дар на својот брат Исав:\n14 двеста кози и дваесет јарци, двеста овци и дваесет овни;\n15 триесет камили - доилки со нивните мали камили; четириесет крави и десет јунци; дваесет ослиња и десет ждребиња.\n16 Стадо по стадо им ги предаде на своите слуги. Тогаш им рече на своите слуги: „Одете пред мене, но држете растојание меѓу стадата!”\n17 А на првиот му издаде заповед, велејќи: „Кога ќе те сретне мојот брат Исав, па те праша: ‘Чиј си? Каде одиш? Чие е ова пред тебе?’\n18 Одговори: ‘На твојот слуга Јаков; ова е дар што му го испраќа на својот господар Исав; а тој иде по нас.’”\n19 Така им нареди и на вториот, па на третиот, и на сите други што одеа по стадата: „Ова кажете му на Исава кога ќе го сретнете.\n20 И кажете му уште: „А твојот слуга Јаков и самиот иде по нас.” Имено, мислеше: „Ако го смилувам, однапред, со подароците, а потоа се соочам со него, можеби ќе ми прости.”\n21 Така подароците тргнаа напред, додека тој ја преспа ноќта во логорот.\n22 И стана во таа ноќ, ги зеде своите две жени, своите две слугинки и своите единаесет деца и премина преку бродот на Јавок.\n23 И ги зеде, ги помина преку потокот, и преведе сè свое. И Јаков остана сам.\n24 И Некој се бореше со него до зазорување.\n25 Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа.\n26 Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!” Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.”\n27 Тогаш, го праша: „Како ти е името?” Одговори: „Јаков.”\n28 Оној му рече: „Отсега не ќе ти биде името Јаков, а Израел, зашто се бореше со Бога и со луѓето, и победи.”\n29 Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?” А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е чудно?” И го благослови таму.\n30 Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.”\n31 Сонцето изгреа над него, кога заминуваше од Фануил. Кривеше заради колкот.\n32 Затоа и досега Израелевите синови не ја јадат жилата, што е во состав на бедрото, зашто Јакововиот бедрен зглоб беше изместен во жилата на бедрото.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_32_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 671, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6256", "title": "Прва книга Мојсеева/ 33 глава", "text": "1 Јаков ги поткрена очите и виде дека доаѓа Исав и со него четири стотини луѓе. Ги раздели своите деца меѓу Лија, Рахила и двете слугинки;\n2 ставајќи ги на чело слугинките и нивните деца; по нив Лија и нејзините деца; а Рахила и Јосифа одназад.\n3 Самиот замина напред, се поклони седумпати до земја, додека му се приближи на брата си.\n4 Исав се затрча во пресрет, го прегрна, паѓајќи му околу вратот, го пољуби и заплакаа.\n5 Тогаш ги подигна очите и ги виде жените и децата. „Кои се овие со тебе?” праша. Тој одговори: „Децата кои Бог му ги подари на твојот слуга.”\n6 Потоа слугинките со своите деца истапија напред и се поклонија длабоко.\n7 И Лија истапи напред, со своите деца, па се поклонија. Најпосле, Јосиф и Рахила истапија напред и се поклонија.\n8 Исав праша: „Зошто ти е сево множество, што го сретнав?” Тој одговори: „За да ја придобијам наклоноста на својот господар.”\n9 Исав одговори: „Јас имам доста, брате мој. Нека ти остане тебе, што е твое.”\n10 А Јаков рече: „Не! Ако најдов милост во твоите очи, прими дар од мојата рака; зашто мене ми е - бидејќи ме прими љубезно - како да го гледам Божјото лице.\n11 Затоа прими го мојот благослов: што ти го донесов; зашто Бог ми подари, па имам сè.” И го наговори, и тој зеде.\n12 „Да тргнеме на пат - рече Исав - и јас ќе патувам со тебе.”\n13 Но тој му одговори: „Мојот господар знае дека децата се кревки. Освен тоа, треба да се грижам за овците и кравите, што дојат: ако ги терам пребргу само еден ден, сите ќе изумрат.\n14 Мојот господар нека оди пред својот слуга, а јас ќе одам полека, според врвежот на добитокот пред мене и според чекорот на децата, додека стигнам при својот господар во Сир.”\n15 Исав рече: „Да ти оставам неколку луѓе, од овие што се со мене!” Но тој му одговори: „Зошто е тоа? Јас само нека најдам милост во очите на мојот господар!”\n16 Во тој ден, Исав се запати - по својот пат - назад во Сир,\n17 додека Јаков отиде во Сокхот, каде си изгради куќа, и направи трла за својот добиток. Затоа го нарече местото Сокхот.\n18 Откако дојде од Падан Арам, (Сирска Месопотамија) Јаков пристигна во сихемскиот град Салим, што се наоѓа во Ханаанската Земја, и го оптегна својот шатор пред градот.\n19 Делот од полето, на кое го постави својот шатор, го купи од синовите на Емора, Сихемовиот татко, за сто сребреници.\n20 Постави жртвеник таму и го повика таму името на Господа, Израелевиот Бог (Ел, Елое Израел).\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_33_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 439, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6252", "title": "Прва книга Мојсеева/ 31 глава", "text": "1 Тогаш Јаков научи дека Лавановите синови зборуваат: „Јаков му го одзеде целиот имот на татка ни; и го придоби сето она богатство од она што требаше да му припадне на нашиот татко.”\n2 А Јаков забележа и на Лавановото лице дека тој не се држи кон него како порано.\n3 Тогаш Господ му рече на Јакова: „Врати се во земјата на своите татковци, во својата родина, и Јас ќе бидам со тебе!”\n4 Тогаш Јаков ги повика Рахила и Лија во полето, при своето стадо,\n5 и им рече: „Јас гледам на лицето на вашиот татко дека тој не се држи кон мене како порано; ама со мене беше Бог на татка ми.\n6 И самите знаете дека му служев на вашиот татко колку што можев;\n7 па сепак вашиот татко ме измачуваше мене, десетпати ми ја менуваше платата. Но Бог не остави да ми нанесе штета.\n8 Ако тој речеше: ‘Секоја шарена нека ти биде плата, ‘тогаш целото стадо раѓаше шарени; ако пак речеше: ‘Капчестите нека ти бидат за плата,’ тогаш целото стадо раѓаше капчести.\n9 Така Бог му го одзеде добитокот на татка ви и ми го даде мене.\n10 Еднаш, кога стадото се оплодуваше, одненадеж видов во сон дека јарците во стадото, додека се спаруваа беа капчести, делумно бели и шарени.\n11 Уште во сонот, Божји ангел ме повика: ‘Јакове!’ ‘Еве ме!’ реков.\n12 А тој продолжи: ‘Забележи добро дека јарците во стадото, што се спаруваат се капчести, делумно бели и шарени. Имено, Јас видов сè што ти направи Лаван.\n13 Јас Сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде со масло го помаза столбот и каде ми направи завет. Сега стани и оди си од оваа земја; врати се во својата родина!’”\n14 Рахила и Лија му одговорија на тоа: „Зар уште имаме наследнички дел во својот татков дом?\n15 Зар нашиот татко не нè сметаше туѓинки? Па тој нè продаде, а потоа го изеде среброто, што го доби за нас!\n16 Сето тоа богатство што Бог му го одзеде на нашиот татко, навистина е наше и на нашите деца. Затоа направи сè како што ти рече Бог!”\n17 Тогаш Јаков ги качи своите деца и своите жени на камилите;\n18 пред себе го потера сиот свој добиток, сиот свој имот што го придобил, добитокот што го собрал во Падан Арам: тргна кон Ханаанската Земја, при татка си Исака.\n19 Лаван веќе замина да ги стриже своите овци, па Рахила ги присвои домашните идоли, што му припаѓаа на нејзиниот татко.\n20 Јаков го залага Арамеецот Лаван така, што и не насетуваше дека ќе бега.\n21 И побегна со сè што беше негово. Наскоро го премина Еуфрат и го насочи патувањето кон Галадскиот Рид.\n22 На третиот ден го известија Лаван дека Јаков избегал.\n23 Тој ги поведе со себе сите свои роднини и го гонеше со потерата седум дни одење; го стигна на гората Галад.\n24 Но Бог му се јави на Арамеецот Лаван, ноќе, на сон, и му рече: „Внимавај, да не преземаш нешто против Јакова, ни добро ни зло!”\n25 И така Лаван го стигна Јакова. Јаков го имаше оптегнато својот шатор на гората, а и Лаван со своите роднини се настани на гората Галад.\n26 Тогаш Лаван му рече на Јаков: „Што сакаш со тоа, измамувајќи ме и одведувајќи ги моите ќерки, како поробени со меч?\n27 Зошто избега потајно, ме заблуди и не ме извести? Ќе те испратев со веселба и песна, со тапанчиња и со лира.\n28 Не ме остави ни да ги изљубам своите ќерки и своите внучиња! Навистина, постапи лудо.\n29 Во сила е на мојата рака да ви напакости; но Бог на татка ти ми рече ноќеска: ‘Внимавај, да не преземеш нешто против Јакова, ни добро ни зло!’\n30 Добро, сега, замини како што копнееше по својот татков дом; но зошто ми ги украде идолите?”\n31 Јаков му одговори на Лавана: „Треперев од мислата дека можеш да ми ги одземеш на сила своите ќерки.\n32 А во кого ќе ги најдеш своите идоли, тој нека загине! Тука, пред нашите браќа, кажи што е твое при мене, и земи си го!” Јаков не знаеше дека Рахила ги имаше присвоено.\n33 Така Лаван влезе во Јакововиот шатор, па во Лијиниот шатор, потоа во шаторот на двете слугинки, но ништо не најде. Откако излезе од Лијиниот шатор, влезе во Рахилиниот шатор.\n34 А Рахила ги зеде идолите и ги стави во седлото на својата камила, а потоа седна на нив. Лаван пребаруваше низ целиот шатор, но не ги најде.\n35 Имено, таа му рече на татка си: „Нека не се лути мојот господар дека не можам да станам пред него, зашто го имам она што е ред кај жените.” И така бараше, но не ги најде идолите.\n36 Тогаш Јаков се налути и почна да се препира со Лавана. Јаков му рече отворено на Лавана: „Какво е моето злосторство, која е мојата вина, што ме прогонуваш?\n37 Ете, ги испреврте сите мои работи, па каков предмет од твојата покуќнина најде? Стави го тука пред мојот и својот род, па тие нека ни бидат судии меѓу нас двајцата.\n38 За овие дваесет години што ги поминав со тебе, ни твоите овци ни твоите кози не се изјаловија, ниту јадев овни од твоето стадо.\n39 Тоа што ѕверка ќе го раскинеше, не ти го донесував тебе, туку од своето ја надоместував загубата. Ти го бараше тоа од мене, било да го снемало дење или да го снемало ноќе.\n40 Често дење се измачував од жед, а ноќе од студ. Сонот бегаше од моите очи.\n41 Од овие дваесет години, што ги поминав во твојата куќа, четиринаесет години ти служев за твоите две ќерки, а шест години за твојот добиток, зашто ми ја менуваше заработувачката десетпати.\n42 Ако со мене не беше Бог на мојот татко, Авраамовиот Бог, Исаковиот Страв, ќе ме испратеше со празни раце. Но Бог ги гледаше мојата неволја и трудот на моите раце, па сношти пресуди.”\n43 Тогаш Лаван му одговори на Јакова: „Ќерките се мои ќерки; децата се мои деца; стадата се мои стада; сè што гледаш мое е. Но што можам, денес, да им сторам на своите ќерки и на децата, кои ги родиле?\n44 Сега јас и ти да склучиме сојуз, за да биде сведоштво меѓу мене и тебе.”\n45 Јаков зеде камен и го исправи како споменик,\n46 а тогаш Јаков им рече на своите луѓе: „Соберете камења!” Така тие собраа камења и ги нафрлија на куп. Јадеа, таму, на купот.\n47 Тогаш Лаван го нарече Јегар Сахадута (Брег на Сведоштво), а Јаков го нарече Галад.\n48 Тогаш Лаван изјави: „Нека овој куп, денес, биде сведок меѓу мене и тебе!” Затоа е и наречен Галад,\n49 но и Мисфа, зашто рече: „Господ нека нè надгледува и тебе и мене, кога ќе си отидеме еден од друг.\n50 Ако постапуваш лошо кон моите ќерки, или ако земеш други жени покрај моите ќерки, иако никој друг не ќе биде со нас, знај дека Бог ќе биде сведок меѓу мене и тебе!”\n51 Потоа Лаван му рече на Јакова: „Еве, тука е купот; тука е столбот што го исправив меѓу себе и тебе:\n52 овој куп и овој столб нека бидат сведоштво дека нема да тргнам против тебе, од зад овој куп, и дека ти нема да тргнеш против мене, од зад ова ритче и спомеников.\n53 Авраамовиот Бог и Нахоровиот Бог и Богот на нивните татковци нека ни биде наш судија!” Јаков се заколна во Бога - во Стравот на татка си Исака.\n54 Потоа Јаков принесе жртва на гората и ги повика своите луѓе да јадат. После јадењето ја поминаа ноќта на гората.\n55 Рано наутро, Лаван се крена ги изљуби своите синови и своите ќерки, па ги благослови; тогаш се запати назад во своето место.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_31_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1295, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6238", "title": "Прва книга Мојсеева/ 24 глава", "text": "1 Авраам беше остарен, навлезен во години. Господ го благослови Авраама во сè.\n2 Авраам му рече на својот најстар слуга во куќата, кој управуваше со сè што беше негово: „Стави ја својата рака под моето бедро,\n3 да те заколнам во Господа, во Бога на небото и Бога на земјата, дека нема да земеш за мојот син за жена ниедна од ќерките на Хананците, меѓу кои живеам,\n4 туку ќе отидеш во мојот роден крај и ќе му земеш жена на мојот син Исак.\n5 А слугата му рече: „А што, ако жената не сака да дојде со мене во оваа земја? Треба ли тогаш да го одведам твојот син во земјата откаде си дошол?”\n6 Авраам му одговори: „Внимавај добро да не го вратиш таму мојот син!\n7 Господ, Бог на небесата, Кој ме изведе од куќата на мојот татко и од мојот роден крај и Кој ми вети под заклетва: ‘На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,’ ќе го испрати Својот ангел пред тебе, и оттаму ќе му доведеш жена на мојот син.\n8 А ако жената не сака да тргне со тебе, ти ќе бидеш слободен од мојава заклетва; но мојот син не води го таму!”\n9 Така слугата ја стави својата рака под бедрото на својот господар Авраам и му се заколна.\n10 Слугата подготви десет господареви камили, зеде со себе секакви блага, и се запати за Месопотамија, во Нахоровиот град.\n11 Ги остави камилите да клекнат надвор од градот, покрај кладенец. Беше вечер, кога жени излегуваат да налеат вода.\n12 Тогаш рече: „О, Господи, Боже на мојот господар Авраам, Те молам, излези ми денес во пресрет и искажи му милост на мојот господар Авраам!\n13 Еве ме крај кладенец, а ќерките на оние од градот доаѓаат да нацрпат вода;\n14 и нека девицата на која и речам: ‘Те молам, спушти ја твојата врчва да се напијам,’ а таа ми одговори: ‘Пиј! Ќе ти ги напојам и камилите,’ - биде онаа, што си ја одредил за својот слуга Исак. Така ќе разберам дека си покажал милост кон мојот господар.”\n15 Штом го дорече тоа, ете! дојде Ревека, ќерка Ватуилова. Тој Ватуил и беше син на Мелха, Авраамова снаа од братот Нахор. Дојде со врчва на рамо.\n16 Девојката беше прекрасна, девица која маж не ја допрел. Таа слезе при кладенецот, ја наполни врчвата, и ете ја пак горе.\n17 Слугата и се затрча во пресрет и и рече: „Дај ми малку вода од твојата врчва!”\n18 „Пиј, господине!” - одговори таа. Брзо ја спушти врчвата на рака и му даде да пие.\n19 Откако го напи него, рече: „Ќе им налеам и на твоите камили, за да се напијат.”\n20 Откако ја излеа бргу врчвата во поилото, отрча назад до кладенецот за да црпи повторно, и така им налеа на сите негови камили.\n21 Човекот ја набљудуваше со молчење, не би ли сознал дали Господ го приведе успешно кон крај неговиот пат или не.\n22 Кога камилите прекратија да пијат, човекот извади златна обетка, тешка половина сикал, и и ја стави на нејзините носалки, а на рацете и стави златни гривни, тешки десет сикли.\n23 Потоа рече: „Чија ќерка си? Дали има во куќата на татка ти место за нас, да преноќеваме?”\n24 Таа му одговори: „Јас сум ќерка на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.”\n25 Уште рече: „Има кај нас слама и храна во изобилство, а и место за ноќевање.”\n26 Човекот тогаш се поклони длабоко, па му искажа почит на Господа,\n27 и проговори: „Благословен да биде Господ, Бог на мојот господар Авраам, што не го лиши мојот господар од Својата љубов и од Својата верност. Господ ме водеше мене по прав пат, во куќата на братот на мојот господар.”\n28 Девојката отрча и го раскажа сè тоа во куќата на мајка си.\n29 А Ревека имаше брат, чие име беше Лаван. Лаван побрза надвор, кон човекот при кладенецот.\n30 Штом ги виде носната обетка и гривните на рацете на својата сестра и чу како неговата сестра Ревека рече: „Вака ми зборуваше човекот,” тој тргна кон оној, што уште стоеше до камилите на изворот.\n31 Тој рече: „Влези внатре, благословен од Господа! Зошто стоиш надвор? Кога јас ја подготвив куќата и место за камилите.”\n32 Така човекот влезе во куќата. Ги растоварија камилите и им дадоа слама и храна; а нему и на луѓето, што го придружуваа, им донесоа вода, за да си ги измијат нозете.\n33 Но кога ставија храна пред него, рече: „Нема да јадам додека не кажам што има да кажам.” А Лаван му рече: „Тогаш кажувај!”\n34 „Јас сум Авраамов слуга - почна тој. -\n35 Господ го благослови мојот господар премногу, па стана богат. Му даде овци и говеда, сребро и злато, слуги и слугинки, камили и ослиња.\n36 Сбра, жената на мојот господар, му роди син откако остаре, и му отстапи сè свое.\n37 Потоа мојот господар ме заколна мене, велејќи: ‘Не земај за мојот син девојка Ханаанка за жена, во земјата во која живеам како туѓинец,\n38 туку отиди во домот на мојот татко, при мојот род, за да најдеш жена за мојот син.’\n39 А јас му реков на својот господар: ‘А што, ако жената не сака да тргне по мене?’\n40 Тој ми одговори: ‘Господ, пред чие лице одев, ќе го испрати Својот ангел со тебе, и твоето патување ќе го доведе до целта, и ти ќе најдеш жена за мојот син од мојот род, од семејството на татка ми.\n41 Единствено вака ќе бидеш ослободен од мојата заклетва: ако дојдеш при моите роднини, а тие те одбијат, слободен си од мојата заклетва.’\n42 Денес пристигнав до изворот и реков: ‘Господи, Боже на мојот господар Авраам, ако си волен да го завршам успешно патувањето што го презедов,\n43 јас, ете, ќе стојам крај кладенецот, а девојката која ќе дојде да налее вода и јас и речам: „Дај ми да се напијам малку вода од твојата врчва!” -\n44 и која ќе ми рече: „Пиј ти, а ќе им нацрпам и на твоите камили!” таа нека биде жената, која Господ ја одреди за синот на мојот господар.’\n45 Штом го свршив зборувањето во себе, кога - ете - се појави Ревека со врчва на рамото; слезе до изворот и нацрпи. Јас и реков: ‘Дај ми да се напијам!’\n46 Таа бргу ја спушти врчвата и одговори: ‘Пиј! А ќе ги напојам и твоите камили.’ Така се напив јас, а таа ги напои и моите камили.\n47 Ја прашав: ‘Чија ќерка си?’ Ми одговори: ‘Ќерка сум на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.’ Тогаш и ја ставив обетката на нос, а гривните на раце.\n48 Се поклонив длабоко и Му искажав почитување на Господа, па Го благословив Бога, Бога на мојот господар, Кој ме водеше по прав пат, за да ја земам ќерката на братот на мојот господар за неговиот син.\n49 А сега, ако сакате да искажете љубов и верност кон мојот господар, речете ми; ако ли не, кажете ми го тоа, така да можам да тргнам или надесно или налево.”\n50 Тогаш, Лаван и Ватуил одговорија: „Тоа доаѓа од Господа; ние тука не можеме да речеме ни лошо ни добро.\n51 Ете, Ревека е пред тебе: земи ја и оди си, нека му биде жена на синот на твојот господар, како што рекол Господ.”\n52 Кога Авраамовиот слуга ја чу нивната согласност, Му се поклони на Господа до земја.\n53 Потоа слугата извади сребрени и златни предмети, и облеки, и и ги даде на Ревека, а им даде дарови и на нејзиниот брат и на мајката.\n54 Тогаш јадеа и пиеја тој и луѓето кои беа со него, и ја поминаа ноќта. Кога станаа утрото, тој рече: „Пуштете ме да се вратам при својот господар!”\n55 А нејзиниот брат и мајка и одговорија: „Девојката нека остане со нас уште десет дни, па потоа тргни!”\n56 Тој им рече: „Не задржувајте ме, кога Господ го приведе успешно моето патување. Пуштете ме да се вратам при својот господар!”\n57 Тие одговорија: „Да ја повикаме девојката и да ја прашаме што мисли таа!”\n58 Ја повикаа Ревека и ја прашаа: „Сакаш ли да тргнеш со овој човек?” Таа одговори: „Сакам.”\n59 И така ги испратија својата сестра и нејзината доилка, со Авраамовиот слуга и со неговите луѓе.\n60 Ја благословија Ревека и и рекоа: „Сестро наша, биди им мајка На неброени илјади; А твоите потомци Да ги заземаат вратите на своите непријатели!”\n61 Тогаш Ревека и нејзините прислужнички станаа, ги јавнаа камилите и тргнаа со човекот. Така човекот ја зеде Ревека и замина.\n62 Исак се врати од близината на Вир-Лахај-Рои; имено живееше во крајот Негев.\n63 Во предвечерје, Исак излезе да се прошета по полето; ги подигна очите и ги виде камилите, како доаѓаат.\n64 Кога Ревека, подигнувајќи ги своите очи, го виде Исака, слезе од камилата\n65 и го праша слугата: „Кој е оној човек, кој ни иде во пресрет по полето?” А слугата одговори: „Тој е мојот господар.” И таа го зеде превезот и се покри.\n66 Слугата му раскажа на Исака сè што извршил.\n67 Тогаш Исак ја воведе Ревека во шаторот на својата мајка Сбра и ја зеде за своја жена. Во љубовта кон неа Исак најде утеха по смртта на мајка си.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_24_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1538, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6258", "title": "Прва книга Мојсеева/ 34 глава", "text": "1 Дина, ќерката што Лија му ја роди на Јакова, излезе да посети некои девојки на оној крај.\n2 Ја виде Евеецот Сихем, син на Емор, кнез на онаа земја, па ја грабна и насила легна со неа.\n3 Неговото срце се приврза кон Јакововата ќерка Дина, и тој се вљуби во девојката. Настојуваше да го придобие срцето на девојката.\n4 Сихем му зборуваше и на татка си Емор: „Земи ми ја онаа девојка за жена!”\n5 Јаков научи дека Сихем ја обесчести неговата ќерка Дина. Но бидејќи неговите синови беа со добитокот, во полето, Јаков молчеше додека не дојдоа тие.\n6 А Сихемовиот татко, Емор, дојде при Јакова, за да се спогодат,\n7 токму кога Јакововите синови се враќаа од полето. Кога научија, луѓето беа јадосани и многу лути. Во Израел беше срамно тоа што го стори Сихем, легнувајќи со Јакововата ќерка: така не смееше да се постапува.\n8 Емор им рече: „Мојот син Сихем се вљуби со сета душа во вашата ќерка. Дајте му ја за жена!\n9 Посватете се со нас: давајте ни ги своите ќерки, а земајте ги нашите ќерки за себе!\n10 И можете да живеете среде нас; земјата е пред вас, за да се населите, да стопанисувате на неа и да придобивате имот!”\n11 Сихем им рече на татка и и на нејзините браќа: „За да најдам милост во вашите очи, ќе ви дадам што ќе побарате.\n12 Барајте од мене колку што сакате: сè што ќе запросите ќе ви дадам, само дајте ми ја девојката за жена.”\n13 Јакововите синови им одговорија на Сихем и на неговиот татко Емор со лукавство, зашто ја обесчести сестра им Дина -\n14 па им рекоа: „Не можеме да се согласиме да ја дадеме сестра си на човек, кој не е обрезан, зашто тоа би било срам за нас.\n15 Единствено ќе ја дадеме, под услов, ако и вие станете како нас, ако ги обрежете сите свои машки.\n16 Тогаш ќе можеме да ви ги даваме своите ќерки и да ги земаме вашите за себе, да се населиме при вас и да бидеме еден род (народ).\n17 А ако не нè послушате нас, да се обрежете, ќе ја земеме нашата ќерка и ќе си одиме.”\n18 На Емор и Сихем, Еморовиот син, им се допаднаа зборовите.\n19 Момчето не се забави да го изврши барањето, зашто копнееше по Јакововата ќерка; а беше најпочитуван од сите во татковиот дом.\n20 Емор и неговиот син Сихем дојдоа пред вратата на овој град и им зборуваа вака на своите сограѓани:\n21 „Овие луѓе се мирни; нека се населат меѓу нас во земјава; нека се занимаваат на неа; ете, земјата е пространа пред нив; ќе можеме да ги земаме нивните ќерки за жени, а нашите да им ги даваме ним.\n22 Но луѓето ќе се согласат да живеат меѓу нас и да бидат еден народ со нас, само ако сите наши машки бидат обрезани, како што се и тие обрезани.\n23 Зар така не ќе бидат наши: добитокот што го придобија, сето нивно богатство? Да се согласиме, па нека се населат среде нас!”\n24 Сите возрасни машки, кои имаа право да излезат на градската врата, ги послушаа Емор и неговиот син Сихем, па секое машко беше обрезано, - секој што имаше право да излезе на градската врата.\n25 А на третиот ден, додека тие уште беа во болки, два Јаковова сина, Симеон и Леви, Динини браќа, го грабнаа секој својот меч и дојдоа во градот, без пречки, и ги погубија сите машки.\n26 Ги пресекоа со меч Емора и неговиот син Сихем, ја зедоа Дина од Сихемовата куќа и си отидоа.\n27 Другите Јаковови синови дојдоа при убиените и го опустија градот, зашто нивната сестра беше обесчестена.\n28 Колку што имаше крупен и ситен добиток и ослиња, и сè што имаше во градот и во полето ги истераа;\n29 ги ограбија сите нивни богатства, а сите нивни деца и жени - сè што беше во куќите - ги запленија.\n30 Јаков им рече на Симеон и Леви: „Ме воведовте во неприлика, правејќи ме замразен меѓу жителите на земјава: Хананците и Ферезејците. Ако се обединат против мене и ме нападнат, додека сме оволку малку на број, ќе ме истребат со мојот дом.”\n31 Тие одговорија: „Зар да постапува со нашата сестра, како со некаква блудница?”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_34_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 714, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6259", "title": "Прва книга Мојсеева/ 35 глава", "text": "1 Бог му рече на Јакова: „Стани, оди горе во Ветил и остани таму! Направи Му таму жртвеник на Бога, Кој ти се јави кога бегаше од брата си Исава!”\n2 И Јаков им рече на сите во својот дом и на сите што беа со него: „Отфрлете ги туѓите идоли, што се наоѓаат во ваша средина; очистете се и преоблечете се.\n3 Одиме горе во Ветил; таму ќе Му направам жртвеник на Бога, Кој ме послуша кога бев во неволја и беше со мене на патот, по кој одев.”\n4 Тие му ги предадоа на Јакова сите туѓи идоли, што ги имаа, и наушниците што беа на нивните уши, и Јаков ги закопа под дабот во Сихем.\n5 Кога тргнаа, страв од Бога ги опфати околните места, така што не тргнаа во потера по Јакововите синови.\n6 Јаков стигна во Луз, односно Ветил, во Ханаанската Земја, и сите луѓе што беа со него.\n7 Таму изгради жртвеник - и местото го нарече Ел-Ветил, зашто Бог му се јави таму, кога тој бегаше пред својот брат Исав.\n8 Тогаш умре Ревекината доилка Девора, па ја погребаа под Ветил, под дабот, што оттогаш се вика „Тажен Даб.”\n9 Бог му се јави пак на Јакова, кога стигна од Падан Арам, и го благослови.\n10 Бог му рече: „Името ти е Јаков, но отсега нема да се викаш Јаков, туку твоето име ќе биде Израел.” Така го нарече Израел.\n11 Тогаш Бог му рече: „Јас Сум Ел Шадај - Сèмоќен Бог! Биди плоден и размножувај се! Од тебе ќе произлезе народ, множество народи, и цареви ќе излезат од твоето крило.\n12 Земјата што им ја дадов на Авраама и Исака, Јас ти ја предавам тебе; и на твоето потомство, по тебе, ќе му ја дадам оваа земја.”\n13 Тогаш Бог се вознесе од него, каде што му зборуваше.\n14 На местото каде што Бог разговараше со него, Јаков исправи столб, столб од камен; принесе жртва врз него и го полеа со масло.\n15 А местото каде што му зборуваше Бог, Јаков го нарече Ветил.\n16 Потоа тргнаа од Ветил. Имаше уште малку пат до Еуфрат, а Рахила се најде на породување. Ја нападнаа тешки болки.\n17 Кога породилните болки и беа најголеми, бабицата и рече: „Не бој се, зашто и овој ти е син!”\n18 Кога се делеше од душата - зашто Рахила умираше - му го даде на синот името Венони; но таткото го нарече Венијамин.\n19 Така почина Рахила. Ја погребаа покрај патот за Ефрат, односно Витлеем.\n20 А Јаков подигна споменик на нејзиниот гроб - оној што е до денес на Рахилиниот гроб.\n21 Израел тргна натаму и го оптегна својот шатор од онаа страна на Мигдал-Едер.\n22 Додека Израел престојуваше во оној крај, Рувим отиде и легна со Вала, соложница на татка си. Израел научи за тоа. Јаков имаше дванаесет синови.\n23 Со Лија: Рувим, Јакововиот првороденец, Симеон, Леви, Јуда, Исахар и Завулон.\n24 Со Рахила: Јосиф и Венијамин;\n25 со Рахилината слугинка Вала: Дан и Нефталим;\n26 со Лиината слугинка Зелфа: Гад и Асир. Тоа се Јакововите синови, кои му се родија во Падан Арам.\n27 Јаков дојде при татка си Исака во Мамвриј, во Киријат Арва, односно Хеврон - каде Авраам и Исак престојуваа како придојденици.\n28 Исак умре кога имаше сто и осумдесет години.\n29 Исак издивна и почина, старец и заситен со години, па беше придружен при своите луѓе. Неговите синови, Исав и Јаков, го погребаа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_35_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 573, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6262", "title": "Прва книга Мојсеева/ 36 глава", "text": "1 Ова е потомството на Исав, кој се викаше и Едом.\n2 Исав зеде за себе жени од хананските девојки: Ада, ќерка на Хетеецот Едон; Оливема, ќерка на Ана, внука на Евеецот Севетон;\n3 и Васемата, Исмаилова ќерка, сестра Навитова.\n4 Ада му го роди на Исава: Елифаза, а Васемата му ги роди Рагуила;\n5 Оливема ги роди: Еуса, Јеглома и Кореја. Тоа се Исавовите синови, кои му се родија во Ханаанската Земја.\n6 Исав ги зеде своите жени, своите синови, своите ќерки, сите деца на својот дом; својот добиток - крупен и ситен; сиот имот што го спечалил во Ханаанската Земја, и отиде во Сирската Земја, далеку од својот брат Јаков.\n7 Имено, нивниот имот толку се зголеми, што не можеа да останат заедно: крајот во кој престојуваа не можеше да ги издржава поради нивниот добиток.\n8 Така Исав, наречен Едом, се насели во планинскиот крај Сир.\n9 И така, ова е потомството на Исав, прататко на Едомците, во планинскиот крај Сир.\n10 Овие се имињата на Исавовите синови: Елифаз, син на Исавовата жена Ада; Рагуил, син на Исавовата жена Васемата.\n11 Елифазови синови беа: Теман, Омар, Сефо, Готом и Кенез.\n12 Темна му беше соложница на Исавовиот син Елифаз; таа му го роди на Елифаза - Амалик. Тоа се потомците на Исавовата жена Ада.\n13 А овие се синовите на Рагуила: Нахат, Зара, Сама и Миза. Тие и беа синови на Исавовата жена Васемата.\n14 А овие пак се синови на Исавовата жена Оливема, Анината ќерка, Севегоновата внука; таа му ги роди на Исава: Еуса, Еглама и Кореја.\n15 Овие се родовски првенци на Исавовите потомци: потомците на Исавовиот првенец Елифаз: кнез Теман, кнез Омар, кнез Сефо, кнез Кенез,\n16 кнез Кореј, кнез Готом и кнез Амалик. Тоа се родовските главатари на Елифазовите, во Едомската Земја; тоа се Адините потомци.\n17 А овие се потомците на Исавовиот син Рагуил: кнез Нахат, кнез Зара, кнез Сама и кнез Миза. Тоа се родовските главатари на Рагуиловите во Едомската Земја; тоа се потомци на Исавовата жена Васемата.\n18 А овие се потомците на Исавовата жена Оливема: кнез Еус, кнез Еглам и кнез Кореј. Тоа се родовските главатари на Исавовата жена Оливема, Анина ќерка.\n19 Тие се синовите на Исав - Едом, нивни кнезови.\n20 А овие се синовите на Кореецот Сир, жители на онаа земја: Лотан, Совил, Севетон, Ана,\n21 Дисон, Асар и Дисан. Тоа се првенците на Хорејците, на Сировите синови во Едомската Земја.\n22 Лотанови синови беа: Хори и Емам; а Темна беше Лотанова сестра.\n23 Овие беа Совилови синови: Алван, Манахат, Гевал, Сефо и Онам.\n24 Севетонови синови беа: Аја и Ана. Ана е оној, кој ги најде топлите извори во пустината, додека ги чуваше ослињата на татка си Севатона.\n25 Овие беа Анини деца: син Дисон и Анината ќерка Оливема.\n26 Овие беа Дисонови синови: Амадан, Асван, Итран и Харан.\n27 Овие беа Асарови синови: Валан, Заван и Акан.\n28 А Дисанови синови беа: Уз и Аран.\n29 Овие се кнезови на Хорејците: кнез Лотан, кнез Совил, кнез Севетон, кнез Ана,\n30 кнез Дисон, кнез Асар и кнез Дисан. Тие беа кнезови на Хорејците, главатар по главатар, во Сирската Земја.\n31 Еве ги царевите, што царуваа во Едомската Земја, пред да завладее царот на Израелевите синови.\n32 Веоровиот син Вел владееше во Едом; неговиот град се викаше Денава.\n33 Кога умре Вел на негово место се зацари Јоав, син на Зара од Восора.\n34 Кога умре Јоав на негово место се зацари Хусам од Теманската Земја.\n35 Кога умре Хусам на негово место се зацари Адад, син Вададов, кој ги порази Мадијамците на Моавското Поле. Името на неговиот град беше Авит.\n36 Кога умре Адад, место него се зацари Самла од Марсек.\n37 Кога умре Самла, место него се зацари Саул од Роват, што е при Реката.\n38 Кога умре Саул на негово место се зацари Валанан, Ахоров син.\n39 Кога умре Валанан синот Ахоров, на негово место се зацари Адар. Името на неговиот град беше Пау. Неговата жена се викаше Метавеила. Беше Матредова ќерка, од Мезава.\n40 Овие се имињата на Исавовите старешини со нивните имиња по родовите и по сместувањето: старешина Тамна, старешина Алва, старешина Етет,\n41 старешина Оливема, старешина Ила, старешина Финон,\n42 старешина Кенез, старешина Теман, старешина Мивсар,\n43 старешина Матедил и старешина Ирма. Тие беа едомски кнезови, според нивните населби во земјата што ја зазедоа. Тоа е Исав прататко на Едомците.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_36_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 731, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6270", "title": "Прва книга Мојсеева/ 40 глава", "text": "1 Потоа виноцрпецот и лебопекарот на египетскиот цар му згрешија на својот господар - на египетскиот цар.\n2 Фараонот се налути на своите два дворјани, на главниот пехарник и на главниот пекар,\n3 па ги стави во затвор, во зградата на заповедникот на телохранителите - во истата темница каде беше затворен и Јосиф.\n4 Началникот на телохранителите одреди Јосиф да ги послужува. Откако поминаа во затворот некое време,\n5 тие двајца - виноцрпецот и лебарот на египетскиот цар, затвореници - видоа сон во иста ноќ. Секој сонуваше свој сон; и секој сон имаше свое значење.\n6 Кога Јосиф дојде утрото при нив, забележа дека се нерасположени.\n7 Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?”\n8 Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.” Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!”\n9 И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза.\n10 На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.\n11 Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.”\n12 Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни.\n13 По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.\n14 Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов.\n15 Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.”\n16 Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.\n17 Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.”\n18 Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни.\n19 По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.”\n20 На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници.\n21 Го врати главниот виноцрпец во виноцрпачка служба, па и натаму ја ставаше чашата во фараоновата рака,\n22 а го обеси главниот лебар, како што Јосиф им протолкува.\n23 Сепак главниот виноцрпец не се сети за Јосифа - го заборави.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_40_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 452, "cyrillic": 1.0}
{"id": "5828", "title": "Приговор на АНОК", "text": "ПРИГОВОР НА АНОК на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ\n9 декември 1943 г.\nДо главниот штаб на Македонската народно освободителна војска и П.О.\nНекаде во Македонија.\n„Реч - Народноослободилачка борба - била би само једна фраза, па чак и превара, када она не би имала осим општејугословенског смисла и национални смисао за сваки народ посебице, тј. када она не би значила осим ослобођења Југославије у исто време ослобођење - Хрвата, Словенаца, Срба, Македонаца, Арнаута, Муслимана итд... У томе и јесте суштина народноослободилачке борбе...\"\nтито\n(„Пролетер\" бр 1б-декември 1942 година)\n„Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убаво положение и толку многу сојузници за да ти се изполни твојот вековен идеал - СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА... За това требе да создадеме заедно фронт со сите балкански народи во борба против фашистките окупатори и против секој империјализам на Балканот...\"\n(От манифестот)\nДраги другари,\nМанифестот, изпратен од Вас до Македонскиот народ, изполни со радост и гордост срцата на сите чесни Македонци, поради следните два факта:\n1) Образуването на македонска народно освободителна војска и\n2) формирането на раководството на таја војска - нејниот Главен штаб. И преди образуването на Штабот целиот наш народ следеше со трепет борбата на својте најарни синови, во таја неравна но геројска борба. Илинденското востание се повторуе денеска со борбите на народно-ослободителната војска и партизанските отреди и нови светли страници, исписани со крвта на борците за свободата на нашиот народ, обогатујат нашата историја. Но, таја славна борба е едновремено и дел от борбата на сите слободолубиви народи за окончателното уништуење на фашисткото зло и за утрешниот нов свет, во кој сите народи кје се радуват на полна национална слобода, политическа равноправност и социјална справедливост.\nМанифестот, гледан во таја светлина, е акт от историческо значение, наред со манифестот на Крушовската република и Уставот на Натрешната Македонска револјуциона организација на Гоце, Даме, Гјорче Петров и Пере Тошев, којто требе да начертае принципите и задачите на Македонската Народно-освободителна борба, имајки пред вид миналото на нашиот народ, неговите идеали - национално обединение, на базата на братството на балканските народи - гледано во конкретната воеднополитическа обстановка.\nБидејќи акт от такво големо значение, манифестот предизвика коментари во сите краишта на Македонија. Секој што политически мисли си даде мнението по него. Па Акциониот комитет на народно-освободителната борба во Македонија и 8-те души от повиканите во Македонското Народно собрание, синтетизирајки ги различните забелешки на манифестот, сметава за своја должност да изнесат пред Штабот најоснованите забелешки, со цел да обрнат внимание на Штабот, којто е денеска единствено одговорен за правилното или неправилно поставуење и објаснуење на Народно-ослободителната борба и со цел да допринесат за целостното мобилизиране на Македонскиот народ во денешната гигантска борба со оглед на конкретната воено-политическа обстановка и идеалите на нашиот народ. Сведени на по важните, забелешките се следните:\nI. ФОРМАЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ:\n1. Какво требе да претходи на издаването на еден манифест, т.е. што е претпоставка за издаването на еден манифест?\nНа еден манифест винаги требе да му претходи некој основен акт, безразлично да ли тој се викал: устав, платформа или правилник, во кој акт требе да се синтетизират во неколку точки основните принципи на народната борба. Тој акт би требало да е „Вјерују\" на секи Македонец. Манифестот, пак, иде да обнародува и објасни по подробно, во популарна форма, принципите на основниот акт и по тоја начин да им даде широка гласност, за да ги направи извесни на сиот народ.\nВо нашиот случај, Штабот се е обрнал до народа со еден манифест на кој не претходи никаков основен акт, којто да е предпоставка за излизането со манифесто пред народот. Заради това, и целиот манифест, макар да носи името манифест е еден обникновен позив во македонскиот народ и ако во него се засегнати основните принципи на македонската ослободителна борба.\n2. Компетенцијата на Штабот\nВо сврска со првиот вопрос се поставуе за компетентноста на Штабот да издаде манифест, во кој се определујат ВО ОКОНЧАТЕЛНА ФОРМА идеалите, принципите на Народноослободителната борба, како и по кој пат да се тргне за остваруењето на така поставените принципи, засегајќи при това и конкретни политички воспроси, по кој Народното собрание е единствено компетентно да си каже думата и по кој вопрос не може да се изјаснјава Штабот, преди да е свикано Собранието. А това заради следните причини:\nШтабот е нс само и предимно воено тело на Народно ослободителната борба, но Штабот, составен од 11 души, не е смеел да определује, ВО ОКОНЧАТЕЛНА ФОРМА основните линии на борбата, а и дума да не става за определуење на конкретни политически ангажименти.\nНо, кога е навлегол во компетенцијата на Народното собрание, то Штабот е требало опште во началото на Манифестот да каже, ОТИ МАНИФЕСТОТ ИМА ВРЕМЕНЕН КАРАКТЕР ДО СВИКВАНЕТО НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ, које е единствено компетентно во дефинитивна форма да определује, основните принципи на борбата ни, како и да приеме конкретни ангажименти во дадената конкретна политическа обстановка.\nНе одејки по тој пат, Штабот ризикува да биде по некој воспроси корегиран от Народното собрание, пред вид на неговата компетенција. Това, пак, би имало недогледни последици по работата и би накрнило авторитетот на Штабот и целата ослободителна борба пред народот, а това е, разбира се, што не се сака от никого. Това би дало материјал на нашите противници да говорат оти целата борба е несериозна и без основно проучуење на најделикатните воспроси.\nВо сврзка со това за напред би требало јасно и прецизирано да се разграничат должностите и правата на двете тела - Штабот и Народното собрание, за да се иде до такви положенија, а се во интерес на ефикасното и правилно раководење на народната борба во двата и дела: воениот и политическиот, како и најсетне, кој има последната дума при евентуални разногласија меѓу Штабот и Народното собрание.\n3. Други, по малки формални забелешш\nМанифестот, како што рекофме, обнародува основните принципи на една организирана борба. Вашиот манифест, без нужните елементи на еден манифест, не може да биде манифест. Точно речено, тој е позив до македонскиот народ, како и многу други до сега издадени позиви. Заради това, и оти во Манифестот на 9 страници вие расправуете сума работи, на којто не им е месгото во еден манифест, а основните принципи на македонската народно ослободителна борба или не се засегнати или се губат во лавиринтот на малко важни вопроси. (Пример: само со две-три думи се говори за миналото на македонската народно ослободителна борба, без да се прикажат најсветлите моменти на таја борба и се поврзат како револуционо наследство со днешната народно ослободителна борба, која да се види оти е само продолжение на таја борба, само под нова политичка обстановка. А се оделује многу место во Манифестот за разни политички мртовци, како Китинчев, Гјузелов, Чкатров и други, на кој им чиниме реклама и чес кога ги напајгјаме, а особено, пак, кога се говори за Дража Михајловиќ, кој во Србија ништо и никого не претстављава а за Македонија и да не говориме (Ете тија работи, на кој не им е местото во манифестот, а тие не се малку, Манифестот го прават позив а не манифест.)\nНајсетне, завршувајки со формалните забелешки, требе да се напомне, забележеното от многу свет, оти Командантот не е требало да се прекрстуе от Мијалче или Мише во Михајло, на глед дребна работа, но сепак, работа која многу дразни чувството на Македонецот а дава храна на непријателите да не крстат така или онака. Нешто слично е со думата „Јелисије\" и думата „положај\".\nЗАБЕЛЕШКИ ПО ВОПРОСИ КОЈ ДОКОСНУЈАТ ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА\nВо статијата на Тито „Национално питање у Југославији у светлости народно-ослободилачке борбе\", се поставујат основните принципи на народно-ослободителната борба на народите во Југославија. Изјаснавањето на Тито по основните принципи на таја борба, ние го зедохме како мото на нашето писмо-изложение. И не случајно. Во статијата му, а по специјално во делот от статијата што го цитираме, се кажуват следното: „Народно-ослободителната борба кје биде празна фраза, па дури и лага, ако она не би имала освен обшто југословенски смисал и национален смисал за секи народ поотделно, т.е. кога таја борба не би значила освен ослободуењето на Југославија во исто време и ослободуењето на Хрватите, Словенците, Србите, Македонците, Арнаутите, Муслиманите и т.н., кога народно ослободителната борба не би донела слобода, равноправност и братство на сите народи во Југославија. Во това е саштината на народно-ослободителната борба.\" От така преведените думи на Тито излева следното:\n1) Народно-ослободитвлната борба треба да доведе до ослободуењето на Југославија\n2) Таја народно ослободителна борба требе да донесе национална равноправност на сите народи во Југославија и\n3) Таја слобода може да е спечели секој народ само со пушка во рака.\nПрокламираните горни три принципа, приложени на македонската дејствителност, значат: слобода и равноправност на една трета част от Македонија, која беше преди 1941 година во границите на бивша Југославија, или приложен до крај принципа оти таја борба требе неминуемо да значи и национална слобода и на отделните народи, за нашија народ она нема да донесе слобода и равноправност, ОТИ ЧАСТИЧНО ОСЛОБОДЕН НАРОД НЕ Е СЛОБОДЕН. Но, понеже Тито изправно е поставил теоретски необходимите условија за ослободуењето на еден народ неприложимоста на така поставените принципи на македонската дејствителност, значи, да во тесните рамки на Југославија неможе целостно да се разреши македонскиот национален вопрос. И во миналото, како от нашите дејци во ослободителното движение, така и от тугјите борци и движенија винаги се е сметало оти решението на македонскиот вопрос е возможно само во една федерација на Балканските народи, заради това, оти нашиот вопрос е општобалкански. Географското положение на Македонија, тугјите пропагандни влијанија и империјалистички тежненија за завладјаването на Вардарската долина и Солун (т.е. Македонија) создале ривалство мегју балканските народи околу Македонија и направиле од Македонија обект на империјалистичните апетити на балканските и изванбалканските завоеватели, Така создаденото положение, доведе до поделбата на Македонија за да се задоволат по тој начин тежненијата на трите опколјавашти Македонија империјалисти. Поради това специјално положение, проблемот на Македонија, се појавује во по особена светлина отколку националните проблеми на другите поробени народи во бивша Југославија. Повтараме: ПРОБЛЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВОТО РАЗРЕШЕНИЕ НАДХВРЛУЕ РАМКИТЕ НА БИВША ЈУГОСЛАВИЈА..\n... Кога констатираме, от една страна, оти Тито е правилно поставил принципите на Народно-ослободителната борба на народите во бивша Југославија, а от друга страна, оти баш заради така поставените принципи македонскиот вопрос надхфрлуе рамките на Југославија и не може целостно да се разрежи во таја „југословенска комбинација\", питаме се: што е накарало југословенското народно ослободително движение а по отделно самиот Тито, да викне и македонскиот вопрос за разрешаване во комплексот на националните впроси на другите народи на Југославија? Затова може да се најдат три причини и објасненија:\n1) Неосведоменост на југословенското народно освободително движение. по специјално на Тито, за националните тежненија на македонскиот народ, за неговата минала револуциона борба, за днешните му идеали во таја народно ослободителна борба и вечнија му копнеж, да се еден пат за секога со сите сили заработи за соединението на Македонија - единствено возможното решение на Македонскиот вопрос, гледан от Македонска гледна точка и от обшто балканска призма. Не решение на македонскиот вопрос на парче, во една чужда на него, искуствена конбинација - Југославија, со која не го сврзуе никакво политичко наследство а е символ на неговото најцрно робство, а целостно решење во една широка комбинација.\n2) Втората причина за такво гледање на македонскиот вопрос може да биде: желанието на најпрогресивното за денеска народно-ослободително движение - југословенското - да собере околу себе шо повејке от поробените народи на Балканот, баре тија што живејева во бивша Југославија, за да може по ефикасно да се концентрира и засили, под едно обшто раководство, главната борба денеска на сите поробени народи - уништожуењето на фашизма - главната пречка за слободата на народите.\nИ верно. Може да ни се префрли думата, оти сме заборавили тоја основен постулат на днешната борба, оти излегујеме от тесно схванати национални интереси и оти превидуеме главното за по дробното и т.н.\nНо, драги другари, тија забелешки не би отговарале на истината. Ние не забраваме и не превидуеме, повељата на днешното време - БЕЗПОШТАДНА БОРБА ДО ПОКОПУЕЊЕТО НА ФАШИЗМА, а само излезуејки от неја, сакаме да најдеме правилно разрешение на нашиот, може би најтежок национален вопрос, за да можат да се остварат предпоставките за полното мобилизиране на сите материјални, човешки и духовни сили за таја превасходна борба. САКАМЕ САГЛАСУВАНЕ НА ВРХОВНАТА ПОВЕЉА НА ДЕНОТ СО НАШАТА НАРОДНА ПОВЕЉА, ОТИ БЕЗ ПРАВИЛНОТО ПОСТАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ВОПРОС ВО НЕГОВАТА ИСТИНСКА СВЕТЛИНА, ПРЕД САМИОТ НАРОД, ВО СОГЛАСИЕ СО ТЕЖНЕНИЈАТА НА ТОЈА НАРОД, НЕМА ЕДИНЕНИЕ НА НАРОДА, НЕМА ИСТИНСКА НАРОДНА ОСВОБОДИТЕЛНА БОРБА, НЕМА ИСТИНСКА АНТИФАШИСТКА БОРБА.\nВие тоа добро го знаете. И како шо рекофме порано, допустимо е и опростимо, ако југословенското народно освободително движение и Тито не познават днешната Македонска дејствителност, ако мислат, оти македонскиот народ кје се прегрне во днешната борба со сите сили, макар пред очите му да гледа утрешната картина на решен македонски вопрос на парче, но това не е допустимо и опростимо, ако нашиот Главен штаб не е излегол пред тија поменати форуми со истинското положение на тоја вопрос, со правите тежненија на македонскиот народ Това ви е била должност не само пред народа како негови синове на страж на борбата му а и како антифашистки борци, со оглед на денешната борба на сите слободољубиви народи.\nТребело е, значи, да се објасни вопросот, да се објасни до крај. Но не само да се објасни а и да се потражи разрешение. А штом това објаснение би дало материјал да се види, оти македонскиот вопрос е комплексен, и разрешението му не може да биде на парче, нема човек, нем; форум, кој немало да увиди, оти тој вопрос требе да се постави инаку и оти требе да се најде истинското му разрешение во таква комбинација со таква политичка формула, која кје задоволи вековните идеали на македонскиот народ а едновремено кје допринесе максимум за мобилитирането му како и полното му участие во таја обштонародна борба против најголемото зло на човечеството.\nАко неосведоменоста на околните ни народи и движенија е причина за такво поставуење на македонскиот вопрос, таја причина може требе да се премахне.\nАко, пак, се мисли, оти само сврзани во една комбинација како Југославија, групирани околу југословенското народно освободително движение, ние највекје можеме да допринесене на днешната борба и да разрешиме нашиот македонски вопрос, тогај ние векје предварително одговорихме по горе: Македонскиот вопрос надхврлуе, при правилното му разрешение, рамките на Југославија и може истински да се разреши во една балканска комбинација. Поставиме ли го така, никако не би пречело на ЗАЕДНИЧКАТА НИ БОРБА ДЕНЕСКА СО СИТЕ ДРУГИ СЛОБОДОЉУБИВИ НАРОДИ, НИШТО НЕ БИ ПРЕЧЕЛО ДА ИМАМЕ ПО СИТЕ ВОПРОСИ СО ЈУГОСЛОВЕНСКОТО НАРОДНО ОСВОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕНИЕ САТРУДНИЧЕСТВО, А ОСОБЕНО ПО ВОЕНИТЕ ВОПРОСИ, НИШТО НЕ БИ НИ ПРЕЧЕЛО ДА ИМАМЕ СОГЛАСУВАНО КОМАНДУВАМЕ, КАКО И ДА САТРУД-НИЧИМЕ И СО СИТЕ ДРУГИ СЛОБОДОЉУБИВИ НАРОДИ И ДВИЖЕНИЈА, на прво место со нашите комшији, чиито правителства бева вчера или се денеска наши поробители. На сите народи денеска се налага заедничка борба и сагласуване, па и на нашиот народ, оти нашиот вопрос засега осетливоста на сите народи. Ништо нема да ни пречи ако сатрудничиме не само со југословенското народно освободително движение а и со балгарскиот „Отечествен фронт\", врзките со кој ни се никакви, со грцкото народно-ослободително движение, и на сите да им поставиме нашиот вопрос на изјаснение, како пред самите ним, така и от нифна страна пред народите им. По тија случај не требе да се заборави борбата на движението „Обединена В.М.Р.О.\" во блгарскиот дел на Македонија која оште преди 1941 година јасно и недвусмислено изтакна принципа борба за прогресивна и обединена Македонија. Да си припомним и за писмото на Македонскиот народен представител от тоја дел на Македонија, Божин Проданов, изпратено до Др. Влатко Мачек, во кое се застпваше за целостна Македонија.\nАко не тражиме, никој нема да ни даде, АКО НЕ СЕ БОРИМЕ ОТ НИКОГО НЕМА ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ, ИЛИ НАЈСЕТНЕ, АКО НЕ СИ ПОСТАВИМЕ НИЕ ВОПРОСОТ ЗА ПОЛНО, ЦЕЛОСТНО РАЗРЕШЕНИЕ НИКОЈ НЕМА ДА ГО ПОСТАВИ НИ ДА ГО РАЗРЕШИ. АКО НАШАТА ПУШКА ДЕНЕСКА НЕ ГРМИ ЗА СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА, НИКОЈ ТОВА СОЕДИНЕНИЕ НЕМА ДА НИ ГО ПОДАРИ. АКО НИЕ СЕ ЗАДОВОЉАВАМЕ СО РАЗРЕШЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЈА ПРОБЛЕМ НА ПАРЧЕ, ЕДЕН ПАТ ЗА СЕКОГА ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА Е САНКЦИОНИРАНА. А това нешто кје има недогледни последици за нашиот народ и по целата обшто-балканска ситуација.\nИзлагајки до тука нашата саштествена забелешка, ние, слушаме далечното ви негодувание. Вие сте срдити. На глас ни довикувате: Па не сме ли ние тија што во Манифестот написахме думите: „Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убави положение и толку многу сојузници, за да ти се исполни твојот вековен идеал - соединението на Македонија.\" ...„Не сме ли ние тија, што во името на тоја идеал поканихме целиот наш народ на борба, да грабне пушка и да си спечели слободата...\"\nНо, драги другари, не превидохме това нешто. Напротив, во нашето писмо - изложение до вас, тија други ви ги ставихме како второ мото, подчертахме ги дебело и ве поздрављаваме за ниф. За ни ве подздрављава и секи честен Македонец. Тија думи згреват срцата и ги прибират борците.\nНо, да ли тие думи се остварими, при вашите предварително направени ангажименти за разрешението на македонскиот вопрос во рамките на бивша Југославија. Да ли соединението на Македонија може да дојде, ако бдна трета част от неја разгрне својте сили? Да ли не требеше штом поставихте принципа за соединението на Македонија да теглите и консеквенциите му? Говори се за соединение а се бори за слободата на една част от Македонија. Зашто тоја принцип, хврлен срамежливо мегју редовете на густи исписаните 9 страници, не ви вдахнови да дадете полно изложение на тоја лозунг - вековна мечта на нашиот народ, -зашто след като написахте рамно три реда по тоја вопрос, не се обрнахте ДО НАШИТЕ БРАТЈА ПОД ГРЦИЈА И БЛГАРИЈА ДА ГИ ПОДКАНИТЕ ЗА ЗАЕДНИЧКА БОРБА ВО ИМЕТО НА ТОЈА ИДЕАЛ? ЗАШТО НЕ КАЗАХТЕ ВО МАНИФЕСТОТ, КАКВИ СЕ ВРЗКИТЕ СО ТИЈА НАШИ БРАТЈА? И КАКВО СЕ Е НАПРАВИЛО ДА СЕ ОСТВАРИ ТОЈА СОЈУЗ - БОРБЕНИЈА СОЈУЗ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЗАШТО НЕ КАЗАХТЕ, ЗАШТО НЕМА НИКОЈ ОТ ТИЈА КРАИШТА НЕ САМО ВО ШТАБОТ, НО, И ВО ЦЕЛАТА НАША НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА? НЕ БЕЈА ЛИ НАЈНЕУСТРАШИМИТЕ И НАЈПРОГРЕСИВНИТЕ БОРЦИ И РАКОВОДИТЕЛИ НЕКОГА ВО НАШАТА НАРОДНА ВОЈСКА: ЈАНЕ САНДАНСКИ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ТАСКАТА, ПОСТОЛ ВОЈВОДА, и плејада други от Серско, Кукушко, Воденско, Ениџе Вардарско, Разлошко и т.н.? И НАЈСЕТНЕ, ЗАШТО НЕ ОДГОВОРИХТЕ НА НАРОДА ОТИ СУДБАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ПРЕДВАРИТЕЛНО ДА СЕ НАЧЕРТАЕ ВО РАМКИТЕ НА БИВША ЈУГОСЛАВИЈА, - БЕЗ ДА СЕ ПРАШАТ ОСТАНАЛИТЕ ДВЕ ТРЕТИ НА НАШИОТ НАРОД ДА ЛИ СЕ ЗА ТОВА НЕШТО ИЛИ НЕ? Кје помогне ли таквото поставуење на македонскиот вопрос за полната мобилизација на нашија народ - мобилизација така нужна за обштата борба.\nИ, ете, драги другари, да видите, оти не сме забравиле да сте поставили принципа а да нема дела.\nНема зашто да се срдите. Такво е чувството на секи Македонец после препрочитанието на манифеста. Не ли е оправдано, да ве попитат, кога ги подканихте, разбира се, совсем правилно, Арнаутите, Власите, Турците и др. на борба со нашиот народ, зашто не ги подканихте нашите братја от другите краишта от Македонија на заедничка борба и е ли това молчание во согласие со принципа за соединението на Македонија? Ете, зашто, драги другари, погрешно поставениот вопрос доведуе до погрешни изводи. Ако, вие предварително определихте судбата на Македонија во рамките на Југославија, вие доследни на така поставениот вопрос, истина хврлихте лозунг за соединението на Македонија, но, кога требеше да влечете сите практични консеквенци от така поставенија лозунг, не направихте това а останахте доследни на приетите ангажименти -рамките на Југославија.\nЕте, зашто, сега е јасно, оти ние бехме формалисти и поставувахме како формални вопроси, на вид не важни, за компетенцијата на штабот да се изјасњава по политичките вопроси и приема ангажименти, каква е компетенцијата на Народното собрание на Македонија и т.н.\n3) Се чуја и извесни објасненија, оти една от причините за такво поставување на македонскиот вопрос била невазможноста на србското, грцко и болгарско движенија да излезат пред својте народи, пред вид на различните теченија во тија движенија, со објаснението оти македонскиот народ е нешто оделно от тија народи и има право на самостално национално соштестувание. Со оглед на неправилното осведомјаване на србските, грцки и болгарски маси во миналото от страна на реакционерните режими по македонскиот вопрос, тија маси, не биле оште подготвени да примат отцепуењето на тија делове во оделна целина, надвор от нимните граници. А излезуењето, пак, со отворен став по македонскиот вопрос денеска пред тија маси можело да попречи на полното единство на тија народи и да ослаби општиот фронт на народите во борбата им против фашизмот.\nНие, не можеме да оправдаваме еден таков опортунистичен став на народно ослободителните движенија на комшијските народи, ако таков соштествува, нити објаснението оти за здравината на внатрешниот фронт на тија народи се налагало премолчуењето на истинските тежненија на македонскиот народ и неговите историски права.\nПитаме се, ако раководствата на народноослободителните диженија на комшијските народи се најистина зели такво становиште, какво се е направило во заштита на истината и правата на македонскиот народ. Да ли не требаше нашиот штаб во интерес на здравината на внатрешниот ни фронт и полното мобилиране на нашиот народ, да излезе открито пред својот народ и раководствата на комшијските народноослободителни движенија во заштита на една праведна кауза. Нешто повекје, да сака от тија раководства правилно да осведомат својите народи за да имаме гаранцијата оти нашиот вопрос правилно се разбира от сите слободољубиви народи за да се потикне и нашиот народ за оште по силна борба против обштиот враг. По тој начин, македонскиот народ кје добиеше сатисфакција за порано толку оспораваните му права от сите ненародни поробителски режими.\nЗАШТО НАРОДНО ОСВОБОДИТЕЛНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ НАПРЕДУВА\nОбшто е познато, оти денешната форма за обштата народна борба е народно-ослободителната која има за цел да прибере сите антифашиски сили на секој народ, за заедничка борба против обштиот враг - фашизмот. Така широко поставена таја работа дава возможност да се разгрнат невидени досега сили, да се фрли во бој се што е чесно и народно, собрано под обштиот бајрак за утрешен по добар и справедлив свет, - во кој секи народ, па и македонскиот, кје заживее нов и слободен живот, братски прегнат со сите останали народи.\nТака начертана таја борба, врзана со борбата за национално ослободуење и соединение на македонскиот народ, нема ли да воодушеви сиот чесен македонски народ за да стане готов на сите жертви и се нареди до еден под знамето на главниот штаб.\nНо, за жалост, лозунгите на таја борба се подигнати ошче преди повекје от една година, а ние сме свидетели не на една разграната до крајните и возможности народна борба а само на една слаба борба, која се навогја ошче во началото на организирано работење. На шо се должи тоа?\n1) Најнапред на недостатак на еден јасен програм на народно освободителното движение во согласие со вековните исторически тежненија на нашиот народ. По тој вопрос доста се пишеше по горе и нема нужда да се повтараме.\n2) Недостаток на иницијатива от страна на лицата на кој е поверено да раководат и организират јадките на таја борба - ослободителните комитети.\n3) Крутост и недостатачна демократичност во спроведуењето на народно-ослободителната програма от страна на лицата на кој им е наложено да раководат со организирането на народноослободителните комитети.\n4) Спутавање дејноста на комитети со уското поставуење на принципите на народно-ослободителната борба. Недавање слобода на дејствие на комитетите за да се приберат околу нифната борба по возможност најголем број чесни и борбени Македонци. Спутавањето на комитетите се должи највечко на недоверието спрема членовето на комитета, от страна на иницијаторите. По тој начин акциониот комитет, след неколку измененија во компетенцијата му, стана безживотно тело и без необходимиот импулс продолжи соштествуванието си, макар во началото да се очекуваше многу от неговата работа.\nА, пак, да не бева тија грешки, положението би било следното:\nРазочарението во оноја дел на македонскиот народ кој очекуваше ,слобода от болгарската власт, нејните страхотни грешки, и особено пораженијата на Германците на источниот фронт и се по блескавите, успехи на Червената армија, како и успехите на сите поробени народи от фашизмот, создадоха сите неопходими условија за една широко поставена масова народно-ослободителна борба. Горе показаните грешки е минираја таја возможност да го имаме денеска окупен околу Штабот сиот македонски народ.\nНешто повекје. Оставените маси надвор от нашето движение а недоволни има опасност да станат плачка на Михајловистите кој во својата противнародна предателска политика, знаејќи расположението на народот се служат со пароли блиски до народните тежненија, како на пр. „Слободна и независна Македонија\" и „Целокупна Македонија\" и т.н. Наивници, кој не познават позадината на тија привлечни формули, благодарение на пропустот от наша страна да врземе масите за народно-ослободителната програма, да бидат измамени от тија фашистички слуги, без да узнаат оти се бијат против својата народно-ослободителна војска, единствената гаранција за слободата на нашиот народ.\nТака, тија предатели, ползувајки се со споменатите примамни пароли, опитуват се во Македонија, особено мегју Штип и Царево Село(денес Делчево), да организират банди, со цел да ги фрлат во братоубијствена борба против нашата народно-ослободителна војска и партизанските одреди. Навремено разкринкаване на тија предатели е една от првите задачи на народно-ослободителната борба во тилот.\nОт тука показаните грешки во нашата борба треба да се извлечат и нужните поуки, кој мегју другото налагат брзо и додека е време, да се направе следното: Установлјавање на еднајасна, близка до народните тежненија народно-ослободителна програма, ревизирање на целокупната досегашна дејност на тоја сектор, избиране на погодни лица за таја борба, отфрлање на штетната крутост и недемократичносту спроведуењето на така установената програма и давање слобода на дејствие на комитетите, кој от своја страна да развијат широко поставена и добро обмислена народно-ослободителна борба.\nДраги другари, ние напишахме горните редове, раководени от единственото желание македонската борба да најде својот истински пат, сметајки оти тоа е наш долг и оти сите носиме историска отговорност за судбината на нашиот народ и за учестието ни во обштата антифашистичка борба. Нашата савест го налагаше това.\nНие ве молиме, најосновно да ги претресете оште еден пат тука поставените проблеми и најскоро да ни отговорите, оти от нијното правилно поставуење и разрешавање зависи единството мегју нашиот народ и храбрата му ослободителна војска - единството мегју фронтот и тилот. Стане ли тоа, сите условија кје ги имаме за полното мобилизиране на сите сили на македонскиот народ, нашата ослободителна војска кје нарасне во силна армија, кје даде своја прилог во борбата на сите слободољубиви народи за дотепуењето на омразниот фашизам, со чието уништуење кје блесне слободата над сите поробени народи, па и над македонскиот.\nСакаме, со секој изминат ден, нашата народно-ослободителна војска и партизанските отреди - заштитникот и надеждата на македонскиот народ - да раснат и крепнат и печалат се нови и нови победи.\nСМРТ НА ФАШИЗМОТ И СЛОБОДА НА НАРОДОТ\n(Примнато на 9. XII 1943 г.)\nСрдечни другарски поздрави", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%9D%D0%9E%D0%9A", "word_count": 4395, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6264", "title": "Прва книга Мојсеева/ 37 глава", "text": "1 А Јаков се настани во земјата, во која татко му престојуваше како придојденик - во Ханаанската Земја.\n2 Еве ја Јакововата историја. Како момче, на седумнаесет години, Јосиф ги чуваше стадата, со своите браќа, со синовите на Вала и Зелфа, кои беа жени на татка му. Јосиф му носеше на татка си лоши гласови за нив.\n3 Јаков го љубеше Јосифа повеќе од кој и да е свој син, зашто беше дете на неговата старост, и тој му направи шарена облека.\n4 Но неговите браќа забележија дека татко им го љуби повеќе од сите други свои синови, па го замразија толку, што не можеа да му речат ни пријатен збор.\n5 Еднаш Јосиф сонуваше сон, и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе заради тоа.\n6 „Чујте го сонот - им рече - што го видов!\n7 Замислете! Врзувавме снопови во средината на полето, кога одеднаш мојот сноп се исправи и застана нагоре. Тогаш вашите снопови се собраа наоколу и му се поклонија на мојот сноп.”\n8 Неговите браќа го прашаа: „Да не сакаш да зацаруваш над нас? Сакаш ли да ни бидеш господар?” И го замразија уште повеќе, заради неговото раскажување на соништата.\n9 Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!”\n10 Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?”\n11 И додека неговите браќа му беа лути, од завист, татко му размислуваше за сè.\n12 Еднаш неговите браќа отидоа да ги чуваат татковите стада во близина на Сихем.\n13 Израел му рече на Јосифа: „Твоите браќа ги чуваат стадата при Сихем, па ајде да те испратам кај нив.” Тој му одговори: „Добро, одам.”\n14 Потоа татко му му рече: „Оди и види како се браќа ти и добитокот, па извести ме.” Така го испрати од долината Хеврон, и тој стигна во Сихем.\n15 Некој човек го најде како скита по полето, и го праша: „Што бараш?”\n16 „Ги барам браќата”, одговори. „Можеш ли да ми кажеш каде ги чуваат стадата?”\n17 А човекот рече: „Заминаа оттука. Ги чув како зборуваат: „Да одиме во Дотан.” Така Јосиф замина по своите браќа и ги најде во Дотан.\n18 Тие го здогледаа оддалеку; пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.\n19 Си рекоа еден на друг: „Ене го стигнува сонувачот!\n20 Ајде, да го убиеме сега и да го фрлиме во некоја јама! Можеме да речеме дека го изеде див ѕвер. Ќе видиме што ќе биде од неговите соништа!”\n21 Но кога Рувим го чу тоа, се обиде да го избави од нивните раце. И рече: „Да не му го одземаме животот!\n22 Не пролевајте крв - зборуваше натаму Рувим. - Фрлете го во јама за вода во пустината, ама не кревајте раце на него!” Така сакаше да го избави од нивните раце и да го одведе при таткото.\n23 Но кога Јосиф стигна при браќата, тие му ја соблекоа неговата облека, шарената облека што беше на него;\n24 го грабнаа и го фрлија во јама за вода. Јамата беше празна; немаше вода во неа.\n25 Потоа седнаа да ручаат. Кога ги подигнаа своите очи, здогледаа поворка Исмаилци, како доаѓаат од Галад. Нивните камили носеа: мириси, балсами и смирна, за да ги препродадат во Египет.\n26 Тогаш Јуда им рече на своите браќа: „Што ќе постигнеме ако го убиеме брата си, а ја скриеме неговата крв?\n27 Ајде, да го продадеме на Исмаилците; но да не дигаме рака на него. Зашто тој е наш брат, наше месо.” Браќата го послушаа.\n28 Тогаш пристигнаа луѓе, мадијамски трговци. Браќата го извлекоа од јамата за вода и им го продадоа на Исмаилците за дваесет сребреници, а тие го одведоа Јосифа во Египет.\n29 Кога Рувим се врати до јамата за вода и виде дека го нема Јосифа во јамата за вода, ја скина својата облека.\n30 А кога се врати при своите браќа, извика: „Детето го нема! Каде ќе се скријам сега јас!”\n31 А тие ја зедоа Јосифовата облека, заклаа едно јаре и облеката ја натопија во крв.\n32 Му ја испратија шарената облека на таткото и му порачаа: „Го најдовме ова! Гледај, дали е ова облеката на твојот син или не е?”\n33 Тој ја препозна и рече: „Облеката е на мојот син! Див ѕвер го растрга! Јосиф е растрган на делови!”\n34 И Јаков ја скина својата облека, стави покорничко вреќиште околу половина, и долго време го оплакуваше својот син.\n35 Сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат, но тој не можеше да се утеши. Велеше: „Со тага ќе слезам при својот син во подземјето. Така го оплакуваше неговиот татко.\n36 А Мадијамците го продадоа, во Египет, на Петефриј, фараонов царедворец, началник на телохранителите.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_37_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 827, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6268", "title": "Прва книга Мојсеева/ 39 глава", "text": "1 Јосифа го доведоа во Египет. Таму, од Исмаилците кои го доведоа тука, го купи Египетецот Петефриј, фараонов придворник и заповедник на неговата телесна стража.\n2 Господ беше со Јосифа, затоа имаше успех во сè: Египетецот го зеде при себе, во куќата.\n3 Неговиот господар виде дека е Господ со него и дека му дава успех во сè што неговата рака презема;\n4 тој го засака и го зеде дворјанец, и го постави за управител на својот дом и му го довери сиот свој имот.\n5 А откако го постави над домот свој и над сè што имаше, Господ го благослови домот на Египетецот заради Јосифа: Господовиот благослов беше на сè што имаше - во куќата и во полето.\n6 И така сè свое и отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав.\n7 По некое време господаровата жена се загледа во него и му рече: „Легни со мене!”\n8 Тој и се спротиви и рече на жената на својот господар: „Гледај! Откако сум јас тука, мојот господар не се грижи за ништо во куќата; сè што има ми го довери мене.\n9 Тој нема во куќава поголема власт отколку јас, и ништо не ми скратува освен тебе, зашто си негова жена. И како би можел да направам толку големо зло и да згрешам против Бога!”\n10 Иако таа секојдневно му зборуваше така на Јосифа, тој не се согласи да легне со неа и да биде со неа.\n11 Еден ден Јосиф влезе во куќата по работа. Бидејќи никој од слугите не беше во куќата,\n12 таа го фати за наметката и рече: „Легни со мене!” Но тој ја остави својата наметка во нејзината рака, се истрга и избега надвор.\n13 Откако виде дека ја остави наметката во нејзината рака и дека избега надвор,\n14 ги повика своите слуги и им рече: „Гледајте! Требаше да ни доведе еден Евреин, за да се подигрува со нас. Тој дојде при мене, за да легне со мене, но јас извикав со сиот глас.\n15 А штом чу како викам, ја остави својата наметка покрај мене и избега надвор.”\n16 Ја задржа неговата наметка кај себе, додека господарот дојде дома.\n17 И нему му ја раскажа истата приказна: „Оној, слугата Евреинот, кого ни го доведе, дојде при мене, за да се подигрува со мене!\n18 Но штом чу како викам, ја остави својата наметка покрај мене и избега надвор.”\n19 Кога неговиот господар го чу раскажувањето на својата жена, која рече: „Ете, така постапи твојот слуга со мене”, се разгневи.\n20 Господарот го грабна Јосифа и го фрли во темницата - таму каде што беа затворени царските затвореници. И остана во темницата.\n21 Но Господ беше со него, му покажа благодат на Јосифа, и тој најде милост во очите на управителот на темницата.\n22 Така управителот на темницата ги предаде во Јосифови раце сите затвореници, кои се наоѓаа во темницата; и таму не се правеше ништо без него.\n23 Бидејќи Господ беше со него, управителот не надгледуваше ништо што му беше доверено на Јосифа: Господ беше со него, и што да преземеше, Господ му даваше успех.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_39_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 532, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6266", "title": "Прва книга Мојсеева/ 38 глава", "text": "1 Во тоа време, Јуда замина од своите браќа и се врати при еден Одоламец, чие име беше Ира.\n2 Тука Јуда ја забележа ќерката на еден Хананец - кој се викаше Суја - и се ожени со неа.\n3 & пристапи, па таа зачна и роди син, кому му го даде името Ир.\n4 Таа зачна пак, роди син, и му го даде името Онан.\n5 Роди уште еден син и го нарече Шела. Се наоѓаше во Ахдив кога го роди него.\n6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.\n7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.\n8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”\n9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.\n10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.\n11 Тогаш Јуда и рече на својата снаа Тамара: „Остани вдовица во домот на татка си, додека потпорасне мојот син Шела.” Имено, се боеше дека и тој би можел да умре, како неговите браќа. И така Тамара отиде да живее во татковиот дом.\n12 Долго време потоа, почина Сујината ќерка, Јудината жена. Кога помина времето на жалост, Јуда отиде, заедно со својот пријател Одоламецот Ир, во Тамна, за да ги стриже своите овци.\n13 Ја известија Тамара: „Ене ти го свекорот - и рекоа - на пат за Тамна, за да ги стриже овците.”\n14 Таа ја соблече вдовичката облека, се покри со превез и се завитка и седна на влезот во Енаим, што е на патот за Темна. Имено, виде дека Шела порасте, ама неа уште не ја омажија за него.\n15 Кога Јуда ја виде, помисли дека е блудница, зашто го имаше покриено лицето.\n16 Тој наврати при неа и рече: „Дај да ти пристапам!” Не знаеше дека му е снаа. А таа одговори: „Што ќе ми дадеш, за да влезеш при мене?”\n17 „Ќе ти испратам едно јаре од своето стадо”, одговори. „Треба да оставиш емство додека не го испратиш.”\n18 А тој ја праша: „Какво емство да ти оставам?” Таа одговори: „Својот печат на врвцата, и стапот што ти е во раката.” & ги даде и едното и другото, а потоа и пријде, и таа зачна од него.\n19 Потоа таа стана и си отиде; го симна од себе превезот и пак ја облече својата вдовичка облека.\n20 Јуда го испрати јарето, преку својот пријател Одоламецот, да го откупи залогот од рацете на жената, но не можеше да ја најде.\n21 Ги праша луѓето во местото: „Каде е блудницата, која се наоѓаше покрај патот за Енаим?” Тие му одговорија: „Тука никогаш немаше блудница.”\n22 Така тој се врати при Јуда и рече: „Не можев да ја најдам. Освен тоа, луѓето во местото ми рекоа дека таму никогаш немало блудница.”\n23 Јуда рече: „Да не станеме за смеа, нека ги држи! Еве, и го испратив јарево, ама ти не ја најде.”\n24 Од прилика по три месеци му донесоа вест на Јуда: „Твојата снаа Тамара блудствува, па во блудството и зачнала.” „Изведете ја - нареди Јуда - па нека биде изгорена!”\n25 Додека ја изведуваа, таа му порача на свекорот: „Зачнав од човекот, чие е ова.” Уште додаде: „Види чии се овој печат на врвцата, и стапов!”\n26 Јуда ги препозна и рече: „Таа е поправедна од мене, зашто не и го дадов својот син Шела.” Но повеќе немаше работа со неа.\n27 Кога и дојде време да роди, се покажа дека носела близнаци.\n28 Додека раѓаше, едниот од нив ја испружи раката надвор. Тогаш бабицата врза црвен конец на неговата рака, велејќи: „Овој излезе прв!”\n29 Но тој тогаш ја повлече раката, па излезе неговиот брат. А таа рече: „Каков ли пробив направи!” Затоа му го даде името Фарес.\n30 Потоа излезе брат му, кој имаше црвен конец околу раката. Него го нарекоа Зара.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_38_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 678, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6300", "title": "Втора книга Мојсеева/ 1 глава", "text": "1 Ова се имињата на Израелевите синови, кои слегоа со Јакова во Египет, секој со своето семејство:\n2 Рувим, Симеон, Леви и Јуда;\n3 Исахар, Завулон и Венијамин;\n4 Дан и Нефталим, Гад и Асир.\n5 Вкупно беа седумдесет души Јаковови потомци. А Јосиф веќе беше во Египет.\n6 И Јосиф умре, а изумреа и сите негови браќа и целото тоа поколение.\n7 Ама Израелците беа родни, се намножија и многу се засилија, така што ја наполнија земјата.\n8 Тогаш во Египет завладеа нов цар, кој не го познаваше Јосифа.\n9 И тој му рече на својот народ: „Ете, Израелевите синови станаа броен народ и посилни од нас.\n10 Ајде, да постапиме мудро со нив: да им го спречиме растежот, за да не им се придружат на нашите непријатели во случај на војна, да не удрат на нас и на крај да си отидат од земјата.”\n11 И поставија врз нив надгледувачи да ги измачуваат со тешки работи. Така му изградија на фараонот градови - складишта: Питом и Рамзес.\n12 Ама колку повеќе ги измачуваа, тие уште повеќе се размножуваа, напредуваа и се ширеа, така што Египетците се плашеа од Израелците.\n13 И Египетците се нафрлија жестоко на Израелците.\n14 Им го загорчуваа животот со тешки работи: со правење на кал и плитари, со разни полски работи и со разновидни напори, што им ги наметнуваа немилостиво.\n15 Египетскиот цар им се обрна и на еврејските бабици, од кои името на едната и беше Сепфора, а на другата Фуа, па им нареди:\n16 „Кога при раѓањето им помагате на Еврејките, набљудувајте: ако е детето машко, убијте го; ако е женско, нека живее.”\n17 Но бабиците се боеја од Бога и не правеа како што им нареди египетскиот цар, туку ги оставаа во живот машките деца.\n18 Затоа египетскиот цар ги повика бабиците и им рече: „Зошто работевте така и ги остававте во живот машките деца?”\n19 На тоа бабиците му одговорија на фараонот: „Еврејките не се како египетските жени. Тие се здрави. Тие веќе родиле пред да дојде бабицата кај нив.”\n20 Бог го прими тоа за добро на бабиците. Народот се множеше и многу порасте.\n21 А бидејќи бабиците се боеја од Бога, Тој им подари потомство.\n22 Тогаш фараонот му нареди на целиот свој народ: „Фрлете го во Реката секое машко дете, што ќе им се роди на Евреите! Само женските деца оставете ги во живот.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_1_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 401, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6274", "title": "Прва книга Мојсеева/ 42 глава", "text": "1 Кога Јаков чу дека има жито во Египет, им рече на своите синови: „Зошто гледате еден во друг!\n2 Чув дека има жито во Египет! Отидете долу и набавете ни го оттаму, за да останеме во живот и да не изумреме.”\n3 Така десетте Јосифови браќа слегоа да набават жито во Египет.\n4 Јаков не го испрати со другите Венијамина, вистинскиот Јосифов брат. Велеше: „Да не му се случи некаква несреќа.”\n5 Меѓу оние кои одеа да набават жито, зашто владееше глад во Ханаанската Земја, беа и Израелевите синови.\n6 Јосиф беше управител во земјата; тој му продаваше жито на сиот народ на земјата. Така и Јосифовите браќа дојдоа и му се поклонија со лицето до земјата.\n7 Јосиф ги препозна браќата, штом ги здогледа, но се однесуваше кон нив како странец и им зборуваше остро. Ги праша: „Од каде доаѓате?” Одговорија: „Од Ханаанската Земја, дојдовме да купиме храна.”\n8 Иако Јосиф ги препозна своите браќа, тие не го препознаа него.\n9 Јосиф си спомна за соништата што ги виде за нив. И им рече: „Вие сте согледувачи! Дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”\n10 Тие му одговорија: „Не, господару! Твоите слуги дојдоа да набават храна.\n11 Сите ние сме синови на еден татко; чесни луѓе сме; твоите слуги никогаш не биле согледувачи.”\n12 Тој пак им рече: „Не, туку дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”\n13 Тие одговорија: „Ние, твоите слуги, бевме дванаесет браќа - синови на еден татко - во Ханаанската Земја; најмладиот е сега со таткото, а едниот веќе го нема.”\n14 Но Јосиф им дофрли: „Онака е како што веќе ви реков: вие сте согледувачи!\n15 Вака ќе ве испитам: жив да ми е фараонот, оттука нема да излезете, ако вашиот најмлад брат не дојде тука!\n16 Испратете еден од вас да ви го доведе братот, а вие другите во темница! Така ќе го проверам вашето тврдење и ќе видам дали е вистината со вас или не е. Инаку, жив да ми биде фараонот, вие сте согледувачи.”\n17 Потоа ги фрли во темница за три дни.\n18 На третиот ден, Јосиф им рече: „Извршете го тоа, и ќе останете во живот, зашто јас сум човек, кој се бои од Бога.\n19 Ако сте чесни, еден од вас нека остане во затворот, а вие другите одете си и однесете го житото во својот дом што гладува.\n20 Потоа доведете ми го вашиот најмлад брат, за да докажете дека се вистинити вашите зборови и да не загинете.” Тие се согласија.\n21 И еден на друг си велеа: „Тешко ни нам! Нè стигна казна заради нашиот брат; ја гледавме неговата мака додека нè молеше за милост, ама не го послушавме. Затоа нè снајде оваа неволја.”\n22 Рувим им одговори: „Зар не ви зборував: ‘Не грешете против детето!’ Но вие не слушавте. Сега се бара сметка за неговата крв.”\n23 Не знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто зборуваа со него преку преведувач.\n24 Тој се оддалечи од нив и заплака. Пак се врати и разговараше со нив. И го одвои Симеона од нив и нареди да биде врзан пред нивни очи.\n25 А Јосиф заповеда да им ги наполнат вреќите со жито; секому да му ги стават сребрениците во вреќата и да им дадат храна за по пат. Така им сторија.\n26 Тие го натоварија житото на своите ослиња и тргнаа оттаму.\n27 Кога еден од нив ја отвори, во преноќиштето, својата вреќа, за да го нахрани ослето, ги виде своите сребреници одозгора во вреќата.\n28 „Моето сребро ми е вратено! - им извика на браќата. - Еве го во мојата вреќа!” Срцето затрепери во нив. Се загледаа уплашени и рекоа: „Што ни го стори ова Бог?”\n29 Откако дојдоа при својот татко Јаков, во Ханаанската Земја, му кажаа што им се случи.\n30 „Човекот, кој е господар на онаа земја - рекоа - ни зборуваше остро и нè обвини како согледувачи.\n31 ‘Чесни луѓе сме - му рековме - и никогаш не сме биле извидници.\n32 Бевме дванаесет браќа, синови на ист татко, но едниот веќе го нема, додека најмладиот се наоѓа сега со нашиот татко во Ханаанската Земја.’\n33 Но човекот, кој управува над таа земја, ни рече: ‘Вака ќе научам дали сте чесни луѓе: оставете еден брат кај мене, а вие другите земете жито заради гладот на вашите семејства, па одете си.\n34 И доведете ми го вашиот најмлад брат, така да знам дека не сте согледувачи, туку чесни луѓе. Па ќе ви го вратам вашиот брат, а вие ќе можете слободно да се движите низ земјава.’”\n35 Кога ги празнеа своите вреќи, секој го најде своето сребро во вреќата. Забележувајќи го тоа, се исплашија и тие и нивниот татко.\n36 „Вие ме оставате мене без деца! - им рече татко им Јаков. - Јосифа го снема, Симеона го нема, а сега сакате да го одведете и Венијамина. Сè тоа паѓа врз мене!”\n37 А Рувим му рече на татка си: „Убиј ги моите два сина, ако не ти го доведам назад! Предај го во мои раце, и јас ќе ти го вратам!”\n38 „Син ми нема да дојде со вас! - им одговори. - Неговиот вистински брат веќе е мртов, и тој остана сам. Ако му се случи несреќа, на патот по кој ќе тргнете, ќе ја испратите со тага мојата седа глава во гробот!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_42_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 877, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6282", "title": "Прва книга Мојсеева/ 46 глава", "text": "1 И така, Израел тргна на пат, со сè што беше негово, и стигна во Вирсавеа, па Му принесе жртва на Бога на татка си Исака.\n2 Бог го повика Израела, во ноќно видение: „Јакове! Јакове!” Тој одговори: „Еве ме!”\n3 „Јас Сум Бог, Бог на татка ти. Не бој се да слезеш во Египет, зашто таму ќе произведам голем народ од тебе.\n4 Јас ќе слезам во Египет со тебе и Самиот ќе те вратам ваму; а Јосиф ќе ти ги склопи очите со свои раце.”\n5 И Јаков тргна од Вирсавеа. Израелевите синови ги сместија: татка си Јакова, своите деца и своите жени во колите, што фараонот ги испрати, за да го превезат.\n6 Ги зедоа со себе својот добиток и имотот што го спечалија во Ханаанската Земја, и пристигнаа во Египет - Јаков и сето негово потомство.\n7 Со себе ги доведе во Египет своите синови и внуци, своите ќерки и ќерките на своите синови, сиот свој род.\n8 Овие се имињата на Израелевите синови - на Јакова и на неговите потомци - кои стигнаа во Египет: Јакововиот првенец Рувим.\n9 Рувимови синови: Енох, Фалу, Есрок и Хармиј.\n10 Симеонови синови: Емуил, Јамин, Аод, Јахин, Сохар и Саул, син на Хананка.\n11 Левиеви синови: Гирсон, Каат и Мерариј.\n12 Јудини синови: Ир, Онан, Шела, Фарес и Зара; Ир и Онан умреа во Ханаанската Земја. Фаресови синови беа: Есрон и Амул.\n13 Исахарови синови: Тола, Фуа, Јов и Симрон.\n14 Завулонови синови: Серед, Елон и Јалеил.\n15 Тоа се синовите кои Лија ги имаше со Јакова во Падан Арам, и уште ќерката Дина. И така, ги имаше вкупно триесет и три.\n16 Гадови синови: Сифон, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Ародиј и Арилиј.\n17 Асирови синови: Емна, Есуа, Есуј и Верија, и сестра им Сера. Вериеви синови: Хевер и Малхиел.\n18 Тоа беа потомците на Зелфа, која Лаван и ја подари на ќерка си Лија. Така, таа му роди на Јакова шеснаесет души.\n19 Синови на Јакововата жена Рахила: Јосиф и Венијамин.\n20 На Јосифа му се родија во Египетската Земја Манасиј и Ефрем. Му ги роди ќерката на Онскиот свештеник Поти Фер.\n21 Венијаминови синови: Вела, Вехер, Асвил, Гира, Нааман, Ихиј, Рос, Мупим, Упим и Аред.\n22 Тоа беа Рахилините потомци, кои му ги роди на Јакова - вкупно четиринаесет души.\n23 Данов син е Усим.\n24 Нефталимови синови: Јасиил, Гуниј, Есер и Силим.\n25 Тоа беа потомците на Вала, која Лаван и ја даде на ќерка си Рахила. Таа му роди на Јакова седум потомци.\n26 Така сите Јаковови деца, што произлегоа од него и што се населија во Египет - не сметајќи ги жените на Јакововите синови - вкупно беа шеесет и шест.\n27 И кон тоа два Јосифова сина, кои му се родија во Египет. Според тоа, сите души на Јакововиот дом, кои се населија во Египет, беа седумдесет.\n28 Јаков го испрати Јуда, напред, при Јосифа за да се појави пред него во Гесен. Кога стигнаа во Гесенскиот Крај,\n29 Јосиф ја спрегна својата кола и се запати во Гесен - во пресрет на татка си Израел. Стапувајќи пред него, го прегрна околу вратот и така плачеше долго.\n30 Тогаш Израел му рече на Јосифа: „Сега можам да умрам, откако видов, со свои очи, дека си жив.”\n31 Потоа Јосиф им рече на своите браќа и на татковиот дом: „Ќе отидам и ќе го известам фараонот; ќе му речам: ‘Браќа ми и семејството на татка ми, кои беа во Ханаанската Земја, дојдоа при мене.\n32 Тие се луѓе пастири, секогаш се занимаваа со сточарство; ги доведоа со себе своите стада и сè што имаа.’\n33 Така, кога фараонот ќе ве повика и ќе ве праша: ‘Со што се занимавате?’\n34 Одговорете: ‘Луѓе сме, твоите слуги, кои од почеток досега се занимаваме со сточарство; и ние и нашите предци’, за да ве населат во Гесен. Имено, сите пастири им се одвратни на Египетците.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_46_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 646, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6280", "title": "Прва книга Мојсеева/ 45 глава", "text": "1 Јосиф не можеше веќе да се совладува пред оние, кои го опкружуваа, па извика: „Нека отстапат сите!” Така не остана никој со Јосифа, кога им се откри на браќата.\n2 Заплака гласно одеднаш, да можеа и Египетците да го чујат. Се научи за тоа и во фараоновиот дворец.\n3 „Јас сум Јосиф - им рече Јосиф на браќа си. - Дали е татко ми уште жив?” Но браќата не можеа да му одговорат, толку се смутија пред него.\n4 Јосиф им рече пак на браќата: „Приближете се кон мене!” Кога се приближија, продолжи: „Јас сум Јосиф, вашиот брат; кого го продадовте во Египет.\n5 Но сега не се возбудувајте и не жалете за тоа дека ме продадовте ваму; зашто Бог е Оној, Кој ме испрати пред вас, за запазување на вашиот живот.\n6 Веќе две години се откако дојде гладот на земјата, а уште пет години нема да има ни орање ни жетва во земјата.\n7 Затоа Бог ме испрати пред вас, за да ви биде запазен остатокот на земјата и да ви го спаси животот со големо избавување.\n8 Така, вие не ме испративте ваму, туку Бог; Тој ме постави фараонов татко, господар над сиот негов дом и владетел над целата Египетска Земја.\n9 Побрзајте кон мојот татко и речете му: ‘Твојот син Јосиф ти го порачува ова: „Бог ме постави за господар на целиот Египет; слези при мене без двоумење.\n10 Ќе се настаниш во крајот Гесен. Така ќе бидеш близу до мене: ти, твоите деца, твоите внуци, твоите овци и говеда и сè што е твое.\n11 Таму ќе се грижам за тебе, зашто гладот ќе потрае уште пет години. Така не ќе скуднееш ни ти, ни твоето семејство, ниту кој и да е твој.”‘\n12 Па со своите очи можете да видите, како што гледа и брат ми Венијамин, дека мојата уста ви го зборува тоа.\n13 Раскажете му на таткото за мојот висок положај во Египет и за сè што видовте; и доведете ми го таткото бргу ваму!”\n14 И го прегрна братот Венијамин и заплака; а плачеше и Венијамин, прегрнувајќи го околу вратот.\n15 Потоа ги изљуби сите свои браќа, им се расплака во прегратка. Потоа неговите браќа разговараа со него.\n16 Гласот се расчу во фараоновиот дворец: „Јосифовите браќа стигнаа!” Тоа им беше мило на фараонот и на неговите царедворци.\n17 А фараонот му рече на Јосифа: „Кажи им на своите браќа нека го направат ова: ‘Натоварете ги своите добичиња и тргнете веднаш во Ханаанската Земја.\n18 Земете ги татка си и своите семејства и дојдете при мене! Јас ќе ви ја дадам најдобрата земја во Египет, па ќе уживате во изобилството на земјава.’”\n19 А го заповеда и ова: „Направете вака: Од Египетската Земја, спотерајте коли за своите деца и за своите жени, земете го таткото и дојдете.\n20 Нека вашите очи не се натажат за вашите работи, зашто сè што е најдобро во Египет, ќе биде ваше.”\n21 Израелевите синови направија така. Според фараоновата повелба Јосиф им даде коли и храна за по пат.\n22 Секому од нив му даде нова облека, а на Венијамина му даде триста сребреници и пет облеки.\n23 Исто така, му испрати на татка си: десет ослиња натоварени со најдобри египетски плодови, и десет ослиња натоварени со жито, леб и прехранбени производи, за по пат на таткото.\n24 Испраќајќи ги своите браќа на пат, им рече: „Не се препирајте патем!”\n25 И така, тие си отидоа од Египет и стигнаа во Ханаанската Земја, при татка си Јакова.\n26 Кога му рекоа: „Јосиф е жив и уште повеќе - владее над целата Египетска Земја!” Неговото срце се скамени, зашто не можеше да им верува.\n27 Но кога му раскажаа сè што им рече Јосиф, и кога ги видоа колите, што ги испрати Јосиф, за да го превезат, духот на татка им Јакова оживе.\n28 „Доста - рече Израел. - Мојот син Јосиф уште е жив. Треба да тргнам и да го видам пред да умрам.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_45_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 659, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6286", "title": "Прва книга Мојсеева/ 48 глава", "text": "1 По некое време му јавија на Јосифа: „Ене, татко ти се разболе.” Тогаш тој ги зеде со себе своите два сина Манасиј и Ефрем.\n2 Кога му рекоа на Јакова: „Еве ти дојде синот Јосиф”, Израел ја собра својата сила и седна на постелата.\n3 Јаков му рече на Јосифа: „Ел Шадај (Сèмоќниот Бог) ми се јави во Луз, во Ханаанската Земја; и ме благослови,\n4 а потоа ми рече: ‘Ќе те направам плоден и многуброен, и ќе произведам од тебе мноштво народи, и на твоето потомство, по тебе, ќе му ја дадам оваа земја во вечна сопственост.’\n5 Сега, двата твои сина, кои ти се родија во Египетската Земја, пред да дојдам јас при тебе во Египет, нека бидат мои - Ефрем и Манасиј нека бидат мои, како и Рувим и Симеон!\n6 А децата кои ти се родија по нив нека останат твои; а во нивното наследство нека се викаат со името на своите браќа.\n7 Имено, кога се враќав од Падан (Месопотамија), за моја жалост, почина мајка ти Рахила при патувањето во Ханаанската Земја, на сосем мала оддалеченост од Ефрат. Јас ја погребав таму покрај патот за Ефрат, денешниот Витлеем.\n8 Забележувајќи ги Израел Јосифовите синови, праша: „Кои се овие?”\n9 Јосиф му одговори на татка си: „Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог тука.” „Доведи ми ги да ги благословам”, рече.\n10 Израелевите очи беа ослабени, од старост, не гледаше. Затоа му ги приведе синовите, а тој ги пољуби и ги прегрна.\n11 И Израел му рече на Јосифа: „Не се надевав да го видам твоето лице; но, ете, Бог ми даде да ги видам и твоите деца.”\n12 Тогаш Јосиф ги слезе од неговите колена и му се поклони со лицето до земја.\n13 И Јосиф ги зеде двајцата - Ефрема со својата десница: одлево на Израел, а Манасиј со својата левица: оддесно на Израел - па ги приближи до него.\n14 Но Израел ја протегна својата десна рака и ја стави врз Ефремовата глава, иако беше помлад, а левицата врз Манасиевата глава - иако Манасиј беше првороденец.\n15 Па го благослови Јосифа, и рече: „Бог, по чии патишта одеа моите татковци Авраам и Исак; Бог, Кој ми беше Пастир од кога постојам па сè до денес,\n16 ангелот, кој ме избавуваше од секое зло, нека ги благослови децава! Преку нив, нека се спомнува моето име и името на моите предци Авраам и Исак! Да се размножат на земјата во многубројни мноштва!”\n17 Кога Јосиф виде дека неговиот татко ја стави десницата врз Ефремовата глава, не му беше мило; затоа посегна по раката на татка си да ја премести од Ефремовата глава врз Манасиевата глава.\n18 „Не, така, татко мој - му рече Јосиф на татка си - зашто овој е првенец; затоа возложи ја десницата на неговата глава!”\n19 Но неговиот татко го одби, велејќи: „Јас знам сине мој, знам; и од него ќе стане народ и ќе биде голем. Но неговиот помлад брат ќе биде поголем од него, од него ќе произлезе многуброен народ.”\n20 И ги благослови во тој ден, зборувајќи: „Израел ќе биде благословуван преку вас, велејќи: ‘Бог нека ти направи и тебе, како на Ефрема и Манасија!’” Така го стави Ефрема пред Манасија.\n21 Потоа Израел му рече на Јосифа: „Еве, јас ќе умрам скоро; но Бог ќе биде со вас и пак ќе ве врати во земјата на вашите татковци.\n22 А тебе ти оставам дел повеќе отколку на браќата твои, што го освоив, со мојот меч и лак, од Аморејците.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_48_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 584, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6288", "title": "Прва книга Мојсеева/ 50 глава", "text": "1 Јосиф падна на лицето на татка си, го облеа со солзи и го изљуби.\n2 Потоа Јосиф им нареди на лекарите, кои беа во негова служба, да го балсамираат татка му; и тие го балсамираа Израел.\n3 Поминаа четириесет денови: имено, толку трае балсамирањето. Египетците го оплакуваа седумдесет денови.\n4 А кога помина времето на жалост, Јосиф им рече на фараоновите придворници: „Ако имате пријателство кон мене, пренесете го ова во ушите на фараонот:\n5 мојот татко ме заколна велејќи: ‘Кога ќе починам, погреби ме во гробот што си го приготвив во Ханаанската Земја!’ Дозволи ми да одам горе и да го погребам таткото, а тогаш ќе се вратам.”\n6 Фараонот одговори: „Оди горе и погреби го својот татко како што те заколна.”\n7 Така Јосиф отиде да го погребе таткото. Со него тргнаа и сите фараонови службеници - старешините на неговиот дворец и сите достоинственици на Египетската Земја;\n8 целото Јосифово семејство, неговите браќа и татковото семејство. Единствено нивните деца, нивните овци и говедата останаа во Гесенската Земја.\n9 Со него одеа и коли и коњаници: тоа беше многу долга поворка.\n10 Откако стигнаа во Горен Атад, отаде Јордан, одржаа таму големо и силно плачење. Јосиф направи седумдневна жалост по татка си.\n11 Кога жителите на таа земја, Ханаанците, го видоа тажењето во Горен Атад, рекоа: „Тоа е голем плач на Египетците!” Затоа го нарекоа тоа место Авел-Мисраим (Египетски Плач), што е отаде Јордан.\n12 Јакововите синови направија како што им нареди таткото:\n13 го однесоа во Ханаанската Земја и го погребаа во пештерата во нивата Махпела, кај Мамвриј, во полето што Авраам го купи од Хетеецот Ефрон за погребување.\n14 Откако го погреба татка си, Јосиф се врати во Египет - тој, неговите браќа и сите, кои отидоа да го погребат татка му.\n15 Кога Јосифовите браќа видоа дека почина татко им, рекоа: „Што! ако е Јосиф лут на нас и ако се обиде да ни врати за сето зло што му го направивме?”\n16 Затоа му порачаа на Јосифа: „Пред својата смрт татко ти порача:\n17 ‘Речете му вака на Јосифа: „Прости им ги на своите браќа злото и гревот, зашто постапија толку сурово кон тебе.”‘ И така, прости им ја навредата на слугите на Бога на твојот татко!” На тие зборови Јосиф се расплака.\n18 Тогаш неговите браќа дојдоа сами кај него, се фрлија пред него и му рекоа: „Еве нè кај тебе да ти бидеме робови!”\n19 Јосиф одговори: „Не бојте се! Па зар сум јас место Бога!\n20 Освен тоа, иако имавте вие намера да ми сторите зло, Бог го сврте тоа кон добро: да направи тоа што се случува денес - да спаси живот на голем народ.\n21 Затоа не бојте се! Јас ќе се грижам за вас и за вашите деца.” Така ги смири со љубезни зборови.\n22 Јосиф остана во Египет заедно со својот и со татковиот род; Јосиф живееше сто и десет години.\n23 Така Јосиф ги виде Ефремовите деца до третото колено; а му се раѓаа деца и на Махир, синот Манасиев, на Јосифови колена.\n24 Најпосле Јосиф им рече на браќа си: „Еве, јас ќе умрам скоро, но Бог, навистина, ќе се сети за вас и ќе ве изведе од земјава во земјата што им ја вети, под заклетва, на Авраама, Исака и Јакова.”\n25 Тогаш Јосиф ги заколна Израелевите синови: „Бог вистина ќе се сети за вас, и тогаш изнесете ги моите коски оттука!”\n26 Јосиф умре кога му беа сто и десет години; го балсамираа и го положија во ковчег во Египет.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_50_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 590, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6302", "title": "Втора книга Мојсеева/ 2 глава", "text": "1 Некој си човек од Левиевото колено отиде и се ожени со девојка Левијка.\n2 Жената зачна и роди син. Откако виде колку е красен, го криеше три месеци.\n3 Кога не можеше веќе да го крие, набави кошница од папирусова трска, ја намачка со смола и катран, го стави детето во неа и го положи во трските на брегот на Реката.\n4 Неговата сестра застана подалеку, да види што ќе биде со него.\n5 Фараоновата ќерка слезе до Реката да се капи, додека нејзините слугинки шетаа по брегот на Реката. Таа ја забележа кошницата во трските, па ја испрати слугинката да ја донесе.\n6 Ја отвори и погледа, а тоа во неа: дете! Машко чедо. Плачеше. Таа му се сожали. „Тоа ќе е еврејско дете”, рече.\n7 Тогаш неговата сестра и рече на фараоновата ќерка: „Сакаш ли да побарам доилка меѓу Еврејките, да ти го дои детето?”\n8 „Оди!” и одговори фараоновата ќерка. Така девојката отиде и ја повика мајката на детето.\n9 „Земи го детево - и рече фараоновата ќерка - и одгледај ми го, а јас ќе те платам.”\n10 Кога детето порасте, таа го доведе при фараоновата ќерка, која го посини. Му го даде името Мојсеј, „зашто го извадив - рече - од вода.”\n11 Еден ден, кога Мојсеј веќе беше порастен, дојде меѓу своите браќа и ги виде нивните маки. Тогаш забележа како еден Египетец бие еден Евреин - негов брат.\n12 Се заврте ваму-таму и откако виде дека нема никој, го уби Египетецот и го закопа во песокот.\n13 Тој излезе и другиот ден и најде двајца Евреи како се тепаат. „Зошто го тепаш својот другар?” - му рече на напаѓачот.\n14 Овој му одговори: „Кој те постави за наш старешина и судија? Имаш ли намера да ме убиеш и мене, како што го уби оној Египетец?” Мојсеј се исплаши и си рече во себе: „Така! Сепак се научило.”\n15 Кога фараонот го чу тоа, сакаше да го погуби Мојсеја. Затоа Мојсеј избега од фараонот и се засолна во Мадијамската Земја. Таму седна покрај еден кладенец.\n16 Мадијамскиот свештеник имаше седум ќерки. Тие дојдоа да нацрпат вода и да ги налеат поилата, за да го напојат стадото на својот татко.\n17 Но дојдоа и пастирите и ги истераа. Мојсеј стана, ги одбрани и им го напои стадото.\n18 Кога се вратија при својот татко Рагуил, тој ги праша: „Како се вративте денес толку брзо?”\n19 Тие одговорија: „Еден Египетец нè одбрани од пастирите, и уште ни нацрпи вода и ни го напои стадото.”\n20 „Каде е? - ги праша тој своите ќерки. - Зошто го оставивте човекот? Повикајте го на ручек.”\n21 Мојсеј се согласи да остане при човекот. Тој го ожени Мојсеја со својата ќерка Сепфора.\n22 А кога таа роди син, тој му го даде името Гирсам, „зашто сум - рече - странец во туѓа земја.”\n23 По долго време почина египетскиот цар. Израелците уште стенкаа во ропство. Викаа, и нивниот повик за помош, среде ропството, се издигна до Бога.\n24 Бог го чу нивното викање за помош и се сети за Својот Завет со Авраама, Исака и Јакова.\n25 И Бог погледна на Израелците, и се зазеде за нив.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 524, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6290", "title": "Прва книга Мојсеева/ 49 глава", "text": "1 Потоа Јаков ги повика сите свои синови и рече: „Соберете се, за да ви кажам што ќе биде со вас во идните времиња:\n2 Соберете се, чујте, Јаковови синови, послушајте го татка си Израел!\n3 Ти, Рувиме, првороденец мој, ти си моја тврдина, првенец на мојата сила. Се истакнуваш со достоинство, се истакнуваш со сила.\n4 Но, буен како вода, не ќе имаш повеќе првенство, зашто го оскверни леглото на татка си, и ја онечисти мојата постела.\n5 Симеон и Леви се браќа! Мечевите им се оружје на насилство.\n6 Јас не учествував во нивните советувања, не зедов дел во нивните собранија! Во својот гнев убиваа луѓе; во бес ги пресекоа жилите на воловите.\n7 Проклет да им е гневот, зашто беше прежесток! Проклета да им е јароста, зашто беше пресурова! Ќе ги разделам во Јакова, ќе ги распрснам низ Израел.\n8 Јудо! Твоите браќа ќе те слават, раката ти е секогаш врз вратот на непријателот, синовите на татка ти ќе ти се поклонуваат.\n9 Јудо, лавче младо! Си се здебелил, сине, од лов; клекна, легна како лав и како лавица: кој ќе го разбуди?\n10 Нема да се оддалечат од Јуда: ни царското жезло, ниту владетелската палка од кај неговите нозе, додека не дојде Оној, кому Му припаѓа, кому ќе Му се покорат народите.\n11 Го врзува своето ждребе за лозата, а неговото младо осле за племенита пенушка. Тој ја пере својата облека во вино, својата носија во крвта на грозјето.\n12 Неговите очи ќе црвенеат од вино, забите ќе белеат од млеко.\n13 Завулон ќе живее покрај морскиот брег, ќе биде пристаниште на бродови и ќе граничи со Сидон.\n14 Исахар е јако осле, легнато меѓу оградите.\n15 Виде дека починката е пријатна, а земјата убава, па ги подметна своите плеќи под бреме и се согласи со потчинетост.\n16 Дан ќе го суди својот народ, како секое Израелево племе.\n17 Дан нека биде змија на патот, отровница покрај патека, што ќе го касне коњот за ногата, така што јавачот ќе падне назад.\n18 Господи, се надевам на Твоето спасение!\n19 Разбојниците ќе го ограбуваат Гад, но и тој со грабеж ќе им биде зад петиците.\n20 Кај Асира ќе има леб, и ќе доставуваат царски слатки.\n21 Нефталим е брза срна, што говори убави зборови.\n22 Јосиф е плодоносна гранка, плодна гранка покрај извор, гранчињата и се простираат над ѕидот.\n23 Стрелци го огорчија, стрелаа на него, и го гонеа.\n24 Но неговиот лак останува цврст, мишките му зајакнаа, преку рацете на Силниот Јаковов, преку името на Пастирот, на Израелевата Стена,\n25 Од Бога, твој Татко, Кој ќе ти помага, преку Сèсилниот, Кој ќе те благословува со небесни благослови одозгора, со благослови на бездната одоздола, со благослови на градите и на утробите !\n26 Со благословите на татка ти, што ги надвишуваат благословите на старите гори и убавините на вечните брегови - тие нека се спуштат врз Јосифа, на посветениот меѓу браќата!\n27 Венијамин е граблив волк, наутро ќе го јаде ловот, а навечер ќе го дели пленот.”\n28 Сите тие беа Израелеви племиња - дванаесет на број - и тоа им го рече таткото кога ги благословуваше; секого од нив го благослови со негов благослов.\n29 И тој им заповеда: „Скоро ќе им се придружам на своите луѓе. Погребете ме покрај моите татковци,\n30 во пештерата, што се наоѓа во нивата на Ефрон, Хетеецот, во пештерата на полето Махпела, спроти Мамвриј, во Ханаанската Земја, која Авраам ја купи со нивата на Хетеецот Ефрон за место за погребување.\n31 Таму беа погребани Авраам и жена му Сара; таму беа погребани Исак и жена му Ревека; таму јас ја погребав Лија.\n32 Нивата и пештерата, во неа, се купени од Хетеевите синови.”\n33 Кога Јаков им ги кажа заповедите на своите синови, ги повлече нозете на постела и издивна - им се придружи на своите луѓе.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_49_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 638, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6278", "title": "Прва книга Мојсеева/ 44 глава", "text": "1 Тогаш Јосиф му нареди на управителот на своето домаќинство: „Наполни ги вреќите на луѓево, со храна, колку што можат да носат, а сребрениците на секого стави ги при отворот на неговата вреќа.\n2 А мојата чаша - онаа од сребро - стави ја во отворот на вреќата на најмладиот, заедно со неговото сребро за житото.” Тој направи како што му нареди Јосиф.\n3 Кога се раздени, ги испратија луѓето и нивните ослиња.\n4 Точно по излегување од градот - не беа заминати далеку - кога Јосиф му рече на началникот на својот дом: „На нозе! Тргни по луѓето! Кога ќе ги стигнеш, речи им: ‘Зошто враќате зло за добро?\n5 Зар мојот господар не пие од онаа чаша и не чита пророштва од неа? Направивте зло!’”\n6 Откако ги стигна, ги повтори зборовите.\n7 Тие одговорија: „Зошто господарот ни зборува така? Далеку да е од твоите слуги да сторат нешто такво!\n8 Па и сребрениците што ги најдовме во своите вреќи, ти ги вративме назад од Ханаанската Земја. Како би можеле тогаш да украдеме сребро или злато од куќата на твојот господар!\n9 Оној, од твоите слуги, во кого ќе се најде, нека биде убиен, а ние другите ќе му станеме робови на твојот господар.”\n10 „Иако е право тоа што го предлагате - рече тој - сепак само оној, кај кого ќе биде најдено украденото, ќе биде мој роб, а другите ќе бидете слободни.”\n11 Бргу ги спуштија вреќите на земја и секој ја отвори својата вреќа.\n12 Тој пребаруваше, почнувајќи од највозрасниот и завршувајќи со најмладиот, чашата беше најдена во Венијаминовата вреќа.\n13 Тогаш тие ги скинаа своите облеки; секој повторно го натовари своето осле и се вратија во градот.\n14 Кога Јуда и неговите браќа стапија пак во Јосифовиот дом, тој уште беше таму, и паднаа пред него на земја.\n15 Јосиф им рече: „Какво е тоа дело што го сторивте? Зар не знаете дека човек, каков што сум јас, се бави со пророкување?”\n16 Јуда одговори на тоа: „Што можеме да му речеме на својот господар? Што можеме да му кажеме? Со што да се оправдаме? Бог го откри злоделото на твоите слуги. Еве нè за робови на својот господар - еднакво и ние и оној, кај кого е најдена чашата.”\n17 „Далеку од мене да направам така! - одговори. - Туку, мој роб ќе биде оној, кај кого е најдена чашата, а вие другите одете си мирно при својот татко!”\n18 Тогаш Јуда му се приближи и рече: „Господару мој, те молам, дозволи му на својот слуга да му каже збор, на ушите на својот господар, и твојот гнев нека не се разлева на твојот слуга; па ти си рамен на фараонот.\n19 Мојот господар ги праша своите слуги: „Имате ли татко или уште некој брат?”\n20 Му одговоривме на својот господар: „Имаме стар татко; тој има уште еден син, роден во неговата старост, тој е најмлад, неговиот брат умре, така што тој остана единствен од својата мајка. Неговиот татко го љуби особено.”\n21 Потоа им рече на своите слуги: ‘Доведете ми го ваму, за да го видат моите очи!’\n22 А ние му одговоривме на својот господар: ‘Детето не може да го остави таткото; кога би го оставил, таткото би умрел.’\n23 Но ти им рече на своите слуги: ‘Ако вашиот најмлад брат не дојде со вас ваму, нема повеќе да го видите лицето мое.’\n24 Кога се вративме при твојот слуга, мојот татко, му ги кажавме зборовите на мојот господар.\n25 Нашиот татко ни рече: ‘Одете пак и набавете ни малку храна!’\n26 Му одговоривме: ‘Не можеме таму, само ако тргне со нас нашиот најмлад брат, ќе слеземе, зашто не смееме пред оној човек, ако нашиот најмлад брат не биде со нас.’\n27 Твојот слуга, татко ми, ни одговори: ‘Како што знаете, мојата жена ми роди два сина.\n28 Едниот го снема, па заклучив: дека е растрган од ѕвер. Оттогаш веќе не го видов.\n29 Ако и овој го одведете од мене, па му се случи некаква несреќа, ќе ја фрлите со тага мојата седа глава долу, во Шеолот (гроб).’\n30 Ако сега дојдам при твојот слуга, мојот татко, а младецот - чиј живот е поврзан толку со неговиот - не биде со нас,\n31 тој ќе умре кога ќе види дека детето го нема со нас; така твоите слуги ќе ја фрлат со тага седата глава на твојот слуга, на татка ни, долу во Шеолот.\n32 Зашто твојот слуга му заемчи на татка си за детето, велејќи: ‘Ако не ти го вратам, ќе му бидам виновен на татка си засекогаш.’\n33 Затоа, те молам, твојот слуга нека остане како роб на мојот господар, а детето нека оди назад со браќата.\n34 Зашто, како ќе отидам при татка си, ако детето не биде со мене! Не би можел да го гледам јадот, што би го снашол татка ми.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_44_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 800, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6276", "title": "Прва книга Мојсеева/ 43 глава", "text": "1 Страшен глад ја притисна земјата.\n2 Кога ја изедоа храната, што ја донесоа од Египет, нивниот татко им рече: „Одете пак и набавете ни малку храна.”\n3 А Јуда му рече: „Оној човек ни рече јасно: ‘Не смеете пред мене, ако вашиот брат не биде со вас.’\n4 И така, ако сакаш да го испратиш нашиот брат со нас, ние ќе отидеме таму и ќе ти купиме жито.\n5 Но ако не го пушташ него со нас, тогаш ние таму и нема да одиме, зашто оној ни се закани: ‘Не смеете пред мене, ако вашиот брат не биде со вас.’”\n6 „Зошто ми правите зло - праша Израел - кажувајќи му на човекот дека имате уште еден брат?”\n7 Тие одговорија: „Човекот нè распрашуваше непрекратно за нас и за нашето семејство: ‘Уште ли е жив татко ви? Имате ли уште некој брат?’ Ние му одговаравме на прашањата. Како можевме да знаеме дека ќе рече: ‘Доведете го брата си!’”\n8 Потоа Јуда му рече на татка си Израел: „Пушти го детето со мене, па да станеме и да тргнеме; така ќе преживееме, а нема да изумреме, и ние и ти и нашите деца.\n9 Јас емчам за него, и сметај ме одговорен за него. Ако не ти го вратам тебе и ако не го доведам пред тебе, ќе ти бидам виновен засекогаш.\n10 Па ако не се двоумевме толку, можевме веќе и двапати да се вратиме.”\n11 Нивниот татко Израел им рече: „Штом е така, нека биде; ама направете го ова: ставете во торбите најодбрани производи на оваа земја: малку балсам, малку мед и миродии, мириси и смирна, и лешници и бадеми, и однесете му ги како дар на оној човек.\n12 Земете со себе двојно сребреници, зашто треба да бидат вратени сребрениците, што ги најдовте во отворите на вреќите. Можеби она беше забуна.\n13 Земете го својот брат и запатете се пак при оној човек.\n14 Нека Ел Шадај (Сèмоќниот Бог) го поттикне оној човек на милост кон нас, па да ви ги пушти и другиот брат и Венијамина. А јас, ако треба да останам без деца, нека останам.”\n15 Луѓето ги зедоа даровите; зедоа двојно сребреници со себе, го поведоа Венијамина и слегоа во Египет, и стапија пред Јосифа.\n16 Кога Јосиф го здогледа Венијамина со нив, му рече на управителот на своето домаќинство: „Одведи ги луѓето во куќата, заколи едно добиче и зготви, зашто луѓево ќе ручаат со мене на пладне!”\n17 Човекот направи како што му рече Јосиф и ги поведе луѓето во Јосифовиот дом.\n18 Луѓето се исплашија кога ги поведоа во Јосифовиот дом и рекоа: „Заради сребрениците што ги најдовме во нашите вреќи, првиот пат, нè водат нас внатре, да нè нападнат и да нè земат за робови, заедно со нашите ослиња.”\n19 Заради тоа му се приближија на управителот на Јосифовиот дом и, при влезот на куќата, му рекоа:\n20 „Прости, господару! Ние, еднаш, и порано дојдовме да набавиме храна;\n21 и кога стигнавме во преноќиштето и ги отворивме нашите вреќи; а ете сребрениците на секој од нас: одозгора во неговата вреќа, нашите сребреници, исто количество, сега ги донесовме со себе.\n22 А донесовме и други сребреници, за да купиме храна. Ние не знаеме кој ни ги стави сребрениците во нашите вреќи.”\n23 „Бидете мирни! - им рече тој. - Не бојте се! Вашиот Бог и Бог на вашиот татко го стави благото во вашите вреќи; вашите сребреници стигнаа при мене.” Потоа им го изведе Симеона.\n24 Тогаш човекот ги воведе луѓето во Јосифовата куќа; им даде вода да си ги измијат нозете; а на нивните ослиња им даде храна.\n25 Потоа тие ги приготвија своите подароци до Јосифовото доаѓање на пладне, зашто чуја дека ќе ручаат таму.\n26 Кога Јосиф дојде дома, му ги дадоа даровите што ги донесоа со себе, и му се поклонија до земја.\n27 Тој ги праша за здравјето, а натаму рече: „А дали е добар вашиот стар татко, за кого што ми зборувавте? Дали му е добро здравјето?”\n28 „Твојот слуга, нашиот татко, добар е и здравјето му е уште добро”, одговорија и му се поклонија, искажувајќи му почитување.\n29 Подигајќи ги своите очи, Јосиф го забележа својот брат Венијамин - синот на мајка си - и праша: „Овој ли е вашиот најмлад брат, за кого ми зборувавте?” И продолжи: „Божјата милост да биде со тебе, сине мој!”\n30 Па Јосиф се оддалечи брзо, зашто му се возбуди срцето заради братот; му идеше да заплаче. Влезе во една соба и таму се изнаплака.\n31 Тогаш го изми лицето, се јави повторно и, совладувајќи се, нареди: „Послужете ручек!”\n32 Му ставија нему одделно, ним одделно, а пак одделно на Египетците, кои јадеа со него. Египетците не би можеле да јадат со Евреи, зашто тоа би им било одвратно на Египетците.\n33 И кога седнаа пред него, најстариот според своето првородство, а најмладиот според својата младост, само се загледуваа.\n34 И тој наредуваше јадењата од пред него да ги носат при нив, а Венијаминовиот дел беше петпати поголем од сите други. И пиеја и се гостеа со него.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_43_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 838, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6272", "title": "Прва книга Мојсеева/ 41 глава", "text": "1 По две години, фараонот сонуваше дека стои покрај реката Нил.\n2 Од Нил излегоа седум убави и дебели крави; и пасеа низ трските.\n3 Но веднаш по нив излегоа други седум, грди и слаби крави, и застанаа покрај оние крави, на брегот на Нил.\n4 Грдите и слабите крави ги изедоа убавите и дебелите, а тогаш фараонот се разбуди.\n5 Пак заспа и виде друг сон: седум полни и крупни класови израснаа од едно стебленце.\n6 Но, ете, по нив израснаа седум слаби класови, изгорени од источниот ветер.\n7 Празните класови ги голтнаа седумте крупни и полни класови. И фараонот се разбуди, и ете: тоа беше сон.\n8 Утрото, фараонот беше смутен во духот, па ги повика сите египетски волшебници и мудреци: им ги раскажа фараонот своите соништа, но никој не можеше да ги протолкува.\n9 Тогаш главниот фараонов виноцрпец проговори: „Треба денес да си спомнам за еден свој пропуст.\n10 Еднаш, кога фараонот се налути на своите службеници, на мене и на главниот лебопекар, нè стави во темницата на началникот на телохранителите.\n11 Сонувавме сон во истата ноќ, и јас и тој, но секој од нас виде сон со друго значење.\n12 Тогаш со нас беше некој млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата. Му ги раскажавме нему своите соништа, а тој ни ги протолкува: на секој му го кажа значењето на неговиот сон.\n13 Како што ни ги протолкува, така и ни се случи: мене ме вратија на моето место, а оној го обесија.”\n14 Фараонот веднаш испрати по Јосифа; го извлекоа набрзина од темницата; му ја истригаа косата, го облекоа во ново облекло, и тој стапи пред фараонот.\n15 Тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Сонував сон, но никој не може да го протолкува, чув за тебе дека можеш да го протолкуваш сонот, штом ќе го чуеш.”\n16 „Јас не можам ништо - му одговори Јосиф на фараонот - туку Бог ќе му даде вистински одговор на фараонот.”\n17 Тогаш фараонот му раскажа на Јосифа: „Во својот сон стоев на брегот на Нил.\n18 И ете! Седум дебели и убави крави излегоа од Нил, пасеа низ трските.\n19 По нив излегоа седум други крави, беа слаби, многу грозни, костенливи, никогаш не видов толку грди крави во целата Египетска Земја!\n20 И седумте слаби и грозни крави ги изедоа првите седум дебели крави.\n21 Па иако ги проголтаа, не се гледаше дека имаат нешто во утробата: беа грозни како и порано. Тогаш се разбудив.\n22 Потоа видов на сон како на едно стебленце израснаа седум полни и убави класови.\n23 Но после нив израснаа седум згрчени, празни, класови, опалени од источен ветер.\n24 И слабите класови ги изедоа седумте полни класови. Ова им го раскажав и на вражалците, но нема никој да ми објасни.”\n25 Тогаш Јосиф му рече на фараонот: „Фараоновиот сон е само еден: Бог му јавува на фараонот што сака да направи.\n26 Седумте убави крави, тоа се седум години; седумте убави класови пак се седум години. Тоа е само еден сон.\n27 Седумте слаби и грозни крави по нив, а исто така и седумте празни, од источник опалени, класови, означуваат седум гладни години.\n28 Тоа е она што веќе му го реков на фараонот: Бог му јавува на фараонот што сака да направи.\n29 Ете, настапуваат седум години на големо изобилство во сета Египетска Земја.\n30 А по нив ќе дојдат седум гладни години, кога ќе се заборави сето изобилство во Египетската Земја.\n31 Кога гладот ќе пустее низ земјата, не ќе се знае ни дека имало изобилство во земјата - заради гладот што ќе дојде - зашто ќе биде многу голем.\n32 А тоа што фараоновиот сон се повтори, значи дека Бог навистина се одлучи за тоа и дека наскоро ќе го спроведе.\n33 Затоа фараонот нека избере способен и мудар човек и нека го постави над Египетската Земја.\n34 Натаму, фараонот нека се погрижи да постави надгледувачи во земјата, што ќе собираат една петинка од сета жетва во Египетската Земја во седумте години на изобилството.\n35 Нека собираат од секого жито, во седумте добри години, што доаѓаат; нека, со фараоново овластување, собираат жито за храна и нека го чуваат во градовите.\n36 Собраниот вишок нека служи за исхрана во земјата во седумте години на глад, што ќе ја снајде Египетската Земја, така што земјата да не пропадне од гладот.”\n37 Им се допадна одговорот на фараонот и на сите негови службеници.\n38 Затоа фараонот им рече на своите службеници: „Зар можеме да најдеме друг човек како што е овој, во кого е Божјиот Дух?”\n39 А тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Откако Бог ти го откри сè тоа тебе, нема никој способен и мудар како што си ти.\n40 Ти ќе бидеш управител на мојот дворец: сиот мој народ ќе им се покорува на твоите наредби. Единствено со престолот јас ќе бидам поголем од тебе.\n41 Еве, те поставувам - му рече фараонот на Јосифа - над целата Египетска Земја.”\n42 Потоа фараонот го извади печатниот прстен од својата рака и го стави на Јосифовата рака. И го облече Јосифа во облека од најубава ткаеница, а околу вратот му обеси златна огрлица.\n43 Тој се возеше на кола, како негов заменик, а пред него викаа: „На колена!” Така го постави над целата Египетска Земја.\n44 Уште фараонот му рече на Јосифа: „Иако сум јас фараон, никој нема да ги помрдне своите раце ни нозе без твое одобрение во целата Египетска Земја.\n45 Фараонот го нарече Јосифа „Сафнат Панеах” и му ја даде за жена Асенета, ќерката на Поти Фер, свештеник во Он. И Јосиф тргна по целата Египетска Земја.\n46 Јосиф беше на триесет години кога стапи во служба на фараонот, египетскиот цар. А откако отиде од пред фараонот, Јосиф патуваше низ целата Египетска Земја.\n47 Во седумте плодни години, земјата раѓаше во изобилство;\n48 во тие седум години што Египетската Земја ги уживаше - тој собираше од разните полски приходи и храната ја чуваше во градовите, сместувајќи ја во секој град жетвата од околните полиња.\n49 Така Јосиф натрупа многу жито, како песок во морето, па прекрати да го мери, зашто беше без мерка.\n50 Додека уште не настапија гладните години, на Јосифа му се родија два сина, кои му ги роди Асенета, ќерката на Поти Фер, свештеник во Он.\n51 На првороденецот Јосиф му го даде името Манасиј, „зашто Бог - рече - направи да ги заборавам своите тешкотии и својот татков дом.”\n52 На вториот му го даде името Ефраим, „зашто Бог - рече - ме направи плоден во земјата на мојата неволја.”\n53 Седумте години на изобилство, што ги уживаше Египетската Земја, дојдоа до крај,\n54 а се приближија седумте гладни години, како што прорече Јосиф. Во сите земји беше глад, а во целата Египетска Земја имаше леб.\n55 А кога и целата Египетска Земја почувствува глад, луѓето извикаа кон фараонот за леб; а фараонот им рече на сите Египетци: „Одете при Јосифа, и што ќе ви рече, правете!”\n56 Кога гладот се прошири низ целата земја, Јосиф ги отвори житниците, па ги снабдуваше Египетците со жито, зашто гладот стана голем и во Египетската Земја.\n57 Од сите земји доаѓаа во Египет, при Јосифа, да купуваат жито, зашто гладот се засили по целиот свет.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_41_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1192, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6304", "title": "Втора книга Мојсеева/ 3 глава", "text": "1 Мојсеј ги пасеше овците на деда си Јотор, мадијамски свештеник. Гонејќи го така стадото по пустината, дојде до Божјата Гора, Хорив.\n2 Господов ангел му се покажа во распламнат оган од една капина. Тој се загледа: целата капина во пламен, а сепак не изгорува.\n3 „Ајде да се доближам - рече Мојсеј - и да ја набљудувам оваа чудна глетка: зошто капината не изгорува.”\n4 Кога Господ виде дека приоѓа да разгледа, Бог го повика од капината: „Мојсеј! Мојсеј!” „Еве ме,” се јави.\n5 „Не приближувај се наваму! - рече. - Собуј ги обувките од нозете! Зашто местото на кое стоиш е света земја.\n6 Јас Сум - продолжи - Бог на твојот татко; Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов.” Мојсеј го засолна лицето: се плашеше да гледа во Бога.\n7 „Ги видов страдањата на својот народ во Египет - продолжи Господ - и му ја чув тужбата против неговите угнетувачи. Познати ми се неговите маки.\n8 Затоа слегов да го избавам од египетските раце и да го одведам во добра и пространа земја, во земја каде течат мед и млеко: во родниот крај на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.\n9 Повиците на Израелевите синови стигнаа до мене. И Самиот видов како Египетците ги угнетуваат.\n10 Затоа, ајде! Јас те испраќам при фараонот да го избавиш Мојот народ, Израелците, од Египет.”\n11 „Кој сум јас да се запатам при фараонот - Му одговори Мојсеј на Бога - и да ги изведам Израелците од Египет!”\n12 „Јас ќе бидам со тебе - продолжи. - И ова ќе биде знак дека Јас те испратив: кога ќе го изведеш народот од Египет, ќе Му искажете почитување на Бога на оваа гора.”\n13 Тогаш Мојсеј Му рече на Бога: „Ако отидам при Израелците и им речам: ‘Бог на вашите татковци ме испрати при вас’, и тие ме прашаат: ‘Како Му е името?’ - што ќе им одговорам?”\n14 „ЈАС СУМ, КОЈ СУМ,” му рече Бог на Мојсеја. Потоа продолжи: „Кажи им вака на Израелците: ‘ЈАС СУМ, ме испрати при вас.’”\n15 Натаму Бог му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците вака: ‘Господ, Бог на вашите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, ме испрати при вас. Тоа е Мое име довека, така ќе Ме викаат од род до род.’\n16 Оди, собери ги старешините на Израелците и речи им: ‘Господ, Бог на татковците - Бог Авраамов, Исаков и Јаковов - ми се јави и ми рече: „Ве посетив и разбрав што ви прават во Египет.\n17 Одлучив да ве изведам од египетската беда во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - во земјата во која течат мед и млеко!”‘\n18 Тие ќе те послушаат. Тогаш тргни со старешините на Израелците кон египетскиот цар и речи му: ‘Ни се јави Господ, Бог на Евреите. Пушти нè да одиме три дни одење во пустината, да Му принесеме таму жртва на Господ, на својот Бог.’\n19 Јас знам дека египетскиот цар нема да ве пушти, ако не биде натеран од силна рака.\n20 Затоа Јас ќе ја испружам Својата Рака и ќе го притиснам Египет со секакви чудеса, што ќе ги направам во него. После ќе ве пушти.\n21 Египетците се расположени добро кон овој народ, па кога ќе тргнете, нема да тргнете со празни раце.\n22 Нека секоја жена побара од својата сосетка и состанарка во својата куќа сребрен и златен накит, и облеки. Ставете го тоа на своите синови и ќерки. Така ќе ги ограбите Египетците.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 568, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6284", "title": "Прва книга Мојсеева/ 47 глава", "text": "1 И Јосиф отиде и го извести фараонот: „Татко ми и браќа ми стигнаа со својот ситен и крупен добиток, и со сè што имаа, од Ханаанската Земја, и ене ги во Гесенската Земја.”\n2 И земајќи петмина од своите браќа, ги воведе при фараонот.\n3 А фараонот ги праша неговите браќа: „Со што се занимавате?” Му одговорија на фараонот: „Твоите слуги се сточари; како и нашите татковци.\n4 Дојдовме да поживееме во земјава - му рекоа на фараонот - зашто ги снема пасиштата за стадата на твоите слуги. Страшен глад ја притисна Ханаанската Земја. Дозволи ни: твоите слуги да се населат во Гесенскиот Крај.”\n5 Фараонот му рече на Јосифа: „Татко ти и браќа ти дојдоа кај тебе.\n6 Египетската Земја е пред тебе; насели ги татка ти и браќа ти во најубавото место на земјава; тие нека живеат во крајот Гесен. А ако знаеш дека меѓу нив има способни луѓе, постави ги за надгледувачи на мојот добиток.”\n7 И Јосиф го доведе татка си Јакова и му го претстави на фараонот. Јаков го благослови фараонот.\n8 Фараонот го праша Јакова: „Колку се годините на твојот живот?”\n9 Јаков му одговори на фараонот: „Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет години, малку и несреќни беа годините на мојот живот; не ги достигнаа годините на животот на моите татковци во дните на нивните скитања.”\n10 Потоа Јаков го благослови фараонот и си отиде од кај него.\n11 Така Јосиф ги насели татка си и своите браќа, давајќи им го во сопственост најубавиот крај на Египетската Земја, во Рамзескиот Крај, како што нареди фараонот.\n12 А Јосиф ги снабде со храна татка си, своите браќа и целото татково семејство сè до најмалиот.\n13 Никаде немаше храна: зашто притисна страшен глад: тој ги измачи и Египетската Земја и Ханаанската Земја.\n14 Јосиф ги собра сите сребреници што се наоѓаа во Египетската Земја и во Ханаанската Земја за житото, што беше продавано, и ги однесе сребрениците во фараоновиот дворец.\n15 Кога ги снема сребрениците во Египетската Земја и во Ханаанската Земја, сите Египетци дојдоа при Јосифа и му рекоа: „Дај ни леб! Зошто да изумреме пред твои очи? Нема веќе сребро.”\n16 Јосиф одговори: „Дотерајте го својот добиток, па ќе ви дадам жито во замена за добитокот, штом ги снема сребрениците.”\n17 Така тие го дотеруваа својот добиток при Јосифа; а Јосиф им даваше леб во замена за коњите, за ситниот и крупниот добиток и за ослињата. И ги снабдуваше во таа година со леб во замена за сиот нивни добиток.\n18 Кога помина годината, дојдоа при него и во втората година и му рекоа: „Не можеме да скриеме од нашиот господар: сребрениците ги снема, добитокот е веќе отстапен на господарот; не ни останува ништо друго да му отстапиме на господарот освен себеси и нашите ораници.\n19 Зошто да погинеме во твоите очи, и ние и нашата земја? Купи нè нас и нашата земја за леб; и така ќе станеме фараонови робови заедно со нашата земја; дај ни семе за да преживееме: да не умреме и да не запустат нашите ораници!”\n20 Така Јосиф ја купи за фараонот сета Египетска Земја, зашто секој Египетец, кога го притисна гладот, ги продаде своите ниви. Така земјата стана фараонова сопственост,\n21 а народот, од едниот до другиот крај на Египет, негово робје.\n22 Единствено не ги купи свештеничките имоти, зашто фараонот им даваше на свештениците одреден дел, и така живееја од приходот што им го даваше фараонот, затоа не ги продадоа своите имоти.\n23 А Јосиф му рече на народот: „Бидејќи денес ве купив за фараонот и вас и вашата земја, еве ви семе, па засејте ја земјата.\n24 Но кога ќе биде жетвата, ќе му давате на фараонот една петина, додека четири петини ќе ви остануваат вам: за засејување на полето, за храна за вас и за оние, кои се во вашите домови и за храна на вашите деца.”\n25 Тие одговорија: „Ни го спаси животот! Ние сме му благодарни на нашиот господар, зашто можеме да бидеме фараонови робови.”\n26 Така Јосиф го постави земјоделскиот закон во Египет, што важи и денес: петината му припаѓа на фараонот; исклучувајќи ја само земјата на свештениците, што не му припаѓаше на фараонот.\n27 Израел живееше во Египетската Земја, во Гесенскиот Крај; во него добија сопственост; беа плодни и се намножија многу.\n28 Јаков поживеа седумнаесет години во Египетската Земја. А должината на Јакововиот живот достигна сто четириесет и седум години.\n29 Кога му наближи на Израела времето да умре, го повика сина си Јосифа и му рече: „Ако најдов милост во твоите очи, стави ја раката под моето бедро, за да пројавиш милост и правда кон мене: Не ме погребувај во Египет!\n30 За да легнам долу, со своите татковци, пренеси ме од Египет горе и погреби ме во нивната гробница!” А тој рече: „Ќе сторам според твоите зборови.”\n31 И му рече: „Заколни ми се!” И тој му се заколна. Тогаш Израел се поклони длабоко врз перницата на постелата.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_47_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 828, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6308", "title": "Втора книга Мојсеева/ 5 глава", "text": "1 Потоа Мојсеј и Арон отидоа и му рекоа на фараонот: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Пушти го Мојот народ да отиде и да прослави свеченост во Моја чест.’”\n2 „Кој е Тој Господ за да Го послушам јас - одговори фараонот - и да ги пуштам Израелците? Јас не Го познавам Тој Господ, ниту ќе ги пуштам Израелците.”\n3 „Бог на Евреите ни се јави - рекоа. Затоа пушти нè да одиме три дни одење во пустината и да Му принесеме жртва на Господа, својот Бог, за да не нè нападне со помор или со меч.”\n4 Тогаш египетскиот цар им одговори: „Мојсеј и Арон, зошто го одвлечкувате народот од неговата должност? Одете на својата работа.\n5 Сега кога луѓето се умножија толку - продолжи фараонот - вие сакате да ги остават работите?”\n6 Во истиот ден фараонот им заповеда на надгледувачите и бележниците:\n7 „Не набавувајте му на овој народ плева како досега. Нека одат сами и си ја собираат.\n8 А барајте од нив исто количество плитари, што го правеа и досега. Не намалувајте го! Мрзливци се. Затоа викаат: ‘Ајде да Му принесеме жртва на својот Бог.’\n9 Наложете им работи на тој народ: нека работат, за да не обрнуваат внимание на клеветите!”\n10 Така, дојдоа надгледувачите на народот и неговите бележници и му јавија на народот: „Фараонот порачува вака: ‘Нема повеќе да ви набавувам плева.\n11 Вие самите треба да одите и да ја барате, каде што ќе можете да ја најдете. Но затоа нема да ја намалам вашата работа.’”\n12 Затоа народот се разотиде по целата египетска земја да собира слама место плева.\n13 А надгледувачите ги гонеа: „Секој ден треба да ја свршите истата работа како и тогаш додека ја добивавте плевата.”\n14 А бележниците, кои фараоновите надгледувачи ги поставија над Израелците, ги тепаа и прекоруваа: „Зошто ни вчера ниту денес не направивте плитари колку и порано?”\n15 Тогаш бележниците на Израелците отидоа и му се пожалија на фараонот: „Зошто постапуваш вака со своите слуги?\n16 Твоите слуги веќе не добиваат плева, а сепак од нас се бара: ‘Направете плитари!’ А и ги бијат твоите слуги, а виновен е твојот народ!”\n17 „Вие сте мрзливци! Мрзливци! - одговори фараонот. Затоа и велите: ‘Ајде да Му принесеме жртва на Господа!’\n18 Одете на работа! Плева нема да ви се дава, ама треба да го правите одреденото количество плитари.”\n19 Бележниците на Израелците се најдоа во мака заради заповедта: „Не смеете да го намалите секојдневното количество на плитарите!”\n20 Откако си отидоа од кај фараонот, ги најдоа Мојсеја и Арона, кои ги чекаа.\n21 „Господ нека ве има на око и нека ви суди! - им дофрлија. Нè замразивте кај фараонот и кај неговите дворјани; им дадовте меч во раката за да нè погубат.”\n22 Мојсеј се врати при Господа и рече: „Зошто, Господи, му нанесуваш штета на Својот народ? Зошто ме испрати?\n23 Откога јас стапив пред фараонот и му проговорив во Твое име, тој постапува уште полошо со овој народ. А Ти не преземаш ништо да го избавиш Својот народ.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 504, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6306", "title": "Втора книга Мојсеева/ 4 глава", "text": "1 Мојсеј одговори: „Ама ако не ми поверуваат и не ме послушаат, туку ми речат: ‘Господ не ти се јави?’”\n2 „Што ти е тоа во раката?” Го праша Господ. „Стап”, одговори.\n3 „Фрли го на земја!” му нареди Господ. Тој го фрли на земја, и стапот се претвори во змија. И Мојсеј избега пред неа.\n4 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Испружи ја раката и фати ја за опашка.” Тој посегна со раката и ја фати за опашка, а таа пак стана стап во неговата рака.\n5 „Така треба да веруваат дека ти се јави Господ, Бог на нивните татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.”\n6 Уште Господ му рече: „Вовлечи ја раката во пазувата.” Тој ја вовлече раката во пазувата. Кога ја извлече, ете - раката му беше лепрозна, бела како снег.\n7 „Стави ја пак раката во пазува!” му нареди Господ. Тој пак: раката во пазува. Кога ја извлече од пазува, ете - пак беше како и другиот дел на телото.\n8 „Ако не ти поверуваат и не ја прифатат пораката на првиот знак, ќе и поверуваат на пораката на вториот знак.\n9 А ако овие два знака не ги уверат, па не ти поверуваат, нацрпи вода од Реката и истури ја на суво. Водата што ќе ја земеш од Реката, на суво ќе се претвори во крв.”\n10 „Прости, Господи! - продолжи Мојсеј на Господа. - Јас никогаш не сум бил красноречив човек; ни порано, ниту сега кога му зборуваш на Својот слуга. Јас сум бавен во зборувањето, а на јазикот тежок.”\n11 „Кој му ја даде устата на човекот? - му рече Господ. - Кој го прави нем и глув; кој му го дава видот или го ослепува? Зар тоа не Сум Јас, Господ!\n12 И така, оди! Јас ќе бидам со тебе кога ќе зборуваш, и ќе ти кажам што да зборуваш.”\n13 „Прости, Господи - пак рече Мојсеј - не би ли испратил некој друг!”\n14 Се налути Господ на Мојсеја и рече: „Зар Арон, Левиецот, не е твој брат? Знам дека е тој многу красноречив. Еве, токму ти излегува во пресрет. Кога ќе те види, ќе се израдува во срцето.\n15 Ти зборувај му нему и ставај ги зборовите во неговата уста. Јас ќе бидам и со тебе и со него додека зборувате; ќе ви кажувам на двајцата што ќе работите.\n16 Нека му зборува тој на народот место тебе. Така, тој ќе ти биде место уста, а ти ќе му бидеш нему место Бога.\n17 Земи го стапов во раката. Со него извршувај ги знаците.”\n18 Потоа Мојсеј се врати при деда си Јотора и му рече: „Пушти ме да се вратам при браќата во Египет, да видам дали се уште живи. „Тргни со мир!” му рече Јотор на Мојсеја.\n19 И Господ му рече на Мојсеја во Мадијам: „Врати се во Египет зашто изумреа сите луѓе, кои го бараа твојот живот.”\n20 Така Мојсеј ги качи на ослето својата жена и синовите и замина за Египетската Земја. А во раката Мојсеј го зеде Божјиот стап.\n21 Господ му рече пак на Мојсеја: „Кога ќе се вратиш во Египет, погрижи се да ги извршиш, пред фараонот, сите чудеса за кои ти дадов сила, иако Јас ќе го направам кораво неговото срце, така што нема да го пушти народот да си отиде.\n22 Тогаш речи му на фараонот: ‘Вака вели Господ: „Израел е Мој првороденец.\n23 Барам од тебе да ми го пуштиш синот, за да ми искаже почитување. Ако откажеш да го пуштиш, Јас ќе го убијам твојот првороденец.”‘„\n24 Кога патем Мојсеј застана да преноќева, Господ се нафрли на него да го убие.\n25 Но Сепфора зеде остро каменче, го обреза својот син и со кожичката ги допре Мојсеевите нозе: „Навистина ти си ми крвав маж,” рече.\n26 И Господ го пушти. Заради обрезувањето таа го рече тоа: „крвав маж.”\n27 Тогаш Господ му рече на Арона: „Запати се кон пустината, во пресрет на Мојсеј!” Тој отиде и се сретна со него на Божјата Гора. Го пољуби.\n28 Мојсеј му раскажа на Арона сè што му довери Господ и сите знаци што му нареди да ги изврши.\n29 Сега Мојсеј и Арон отидоа и ги собраа сите старешини на Израелците.\n30 Арон им изложи сè што Господ му зборувал на Мојсеја, а Мојсеј ги направи знаците пред очите на народот.\n31 Народот беше уверен, и откако чуја дека Господ ги посети Израелците и погледа на нивните јадови, паднаа ничкум и се поклонија.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 742, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6310", "title": "Втора книга Мојсеева/ 6 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја: „Скоро ќе видиш како ќе постапам Јас со фараонот! Под силна рака ќе ги пушти да заминат; под силна рака сам ќе ги истера од својата земја.”\n2 Уште Бог му рече на Мојсеја: „Јас Сум Господ.\n3 Им се јавував на Авраама, Исака и Јакова како Ел Шадај. Но не им се открив со Своето име - Господ.\n4 И склучив завет со нив дека ќе им ја дадам Ханаанската Земја, земјата во која живееја како придојденци.\n5 А сега, откако ги чув воздишките на Израелците, кои Египетците ги држат во ропство, си спомнав на Својот Завет.\n6 И така, кажи им на Израелците дека Јас Сум Господ; дека ќе ве избавам од теретот што ви го наметнаа Египетците. Ќе ве ослободам од ропството во кое ве држат; ќе ве избавам удирајќи силно и казнувајќи строго.\n7 Ќе ве земам за Свој народ, и ќе бидам ваш Бог. Тогаш ќе знаете дека Јас, Господ, вашиот Бог, ве избави од египетското угнетување.\n8 Ќе ве доведам во земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на Авраама, Исака и Јакова, и ќе ви ја дадам во наследство, Јас, Господ.”\n9 Мојсеј им го кажуваше тоа на Израелците, ама не сакаа да го слушаат: духовите им беа заматени од тешкото ропство.\n10 Тогаш Господ му рече на Мојсеја:\n11 „Оди и речи му на фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од својата земја.”\n12 Мојсеј Му прозбори на Господа: „Кога Израелците не ме слушаа, како ќе ме сослуша, бавен во говорот, фараонот!”\n13 Ама Господ им говореше на Мојсеја и Арона и ги праќаше сега при Израелците, а сега при фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.\n14 Ова се главите на нивните домови. Синови на Израелевиот првороденец Рувим: Енох и Фалуј, Асрон и Хармиј. Тоа се семејствата произлезени од Рувима.\n15 А Симеоновите синови: Јемуило, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на Хананка. Тоа се семејствата што потекнуваат од Симеона.\n16 Ова се имињата на Левиевите синови со нивното потомство: Гирсон, Каат и Мерариј. Леви живееше сто триесет и седум години.\n17 Гирсонови синови се: Ливниј и Семеј со своите семејства.\n18 Каатови синови се: Амрам, Исар, Хеврон и Озило. Каат живееше сто триесет и три години.\n19 Мерариеви синови се: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите семејства со нивните потомци.\n20 Амрам се ожени со својата тетка Јохаведа, која му ги роди Арона и Мојсеја. Амрам живееше сто триесет и седум години.\n21 Исарови синови беа: Кореј, Нафег и Зехриј.\n22 А Озилови синови се: Мисаило, Елисафан и Сигриј.\n23 Арон се ожени со Елисавета, ќерката Аминадавова, сестрата Насонова, која му ги роди: Надав, Авијуд, Елеазар и Итамара.\n24 Корееви синови беа: Асир, Елкан и Авијасаф. Тоа се Кореевите потомци.\n25 Ароновиот син Елеазар се ожени со една од Футиловите ќерки, која му го роди Финеса. Тоа се главатарите на Левиевите домови според нивните семејства.\n26 Тоа се оној Мојсеј и Арон, на кои Господ им заповеда да ги изведат Израелците од Египет во нивните чети.\n27 Тоа се оние истите, Мојсеј и Арон, кои му зборуваа на фараонот, на египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.\n28 Во денот кога Господ зборуваше со Мојсеја во Египетската Земја, му рече:\n29 „Јас Сум Господ. Извести го фараонот, египетскиот цар, за сè што ти реков.”\n30 Мојсеј се правдаше пред Господа: „Јас сум бавен во говорот. Како ќе ме послуша фараонот!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 578, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6312", "title": "Втора книга Мојсеева/ 7 глава", "text": "1 Господ му одговори на Мојсеја: „Гледај! Ќе те наметнам како Бог на фараонот; твојот брат Арон ќе биде твој пророк.\n2 Ти кажувај сè што ќе ти наредам, а твојот брат Арон нека му повтори на фараонот да ги пушти Израелците па да заминат од неговата земја.\n3 Јас ќе направам да закорави срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците и чудесата во Египетската Земја.\n4 Бидејќи фараонот не ќе послуша, Јас ќе ја ставам Својата рака на Египет: казнувајќи страшно, ќе ги избавам Своите чети, Својот народ, Израелците, од Египетската Земја.\n5 Кога ќе ја протегнам Својата рака на Египет и ги изведам Израелците од нивната средина, тогаш Египетците ќе сознаат дека Јас Сум Господ.”\n6 Мојсеј и Арон послушаа: токму така направија, како што им заповеда Господ.\n7 Мојсеј беше на осумдесет, а Арон на осумдесет и три години, кога му ги поставија на фараонот своите барања.\n8 Уште Господ им прирече на Мојсеја и Арона:\n9 „Кога фараонот побара од вас да направите некакво чудо, ти речи му на Арона да го земе својот стап и да го фрли пред фараонот, и стапот ќе се претвори во змија.”\n10 Мојсеј и Арон дојдоа пред фараонот и направија како што им заповеда Господ. Арон го фрли, пред фараонот и пред неговите службеници, својот стап, и се претвори во змија.\n11 Фараонот ги повика мудреците и вражалците. И навистина египетските вражалци со своето вражање направија исто:\n12 секој го фрли својот стап, и се претвори во змија. Но Ароновиот стап ги голтна нивните стапови.\n13 Фараонот беше со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.\n14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Фараоновото срце е закоравено; одбива да го пушти народот.\n15 Наутро тргни кон фараонот. Кога ќе излезе при водата, застани пред него на брегот на Реката. Земи го во раката стапот, што беше претворен во змија.\n16 Кажи му: ‘Господ, Бог на Евреите, ме испрати при тебе со порака да го пуштиш Мојот народ, за да ми искаже почитување во пустината. Ама сè досега ти не послуша.’\n17 Господ порачува вака: ‘Со ова ќе сознаеш дека Јас Сум Господ.’ Гледај! Со стапот што го имам во раката ќе ја удрам водата во Реката, и ќе се претвори во крв.\n18 Рибите ќе пцовисаат во Реката; Реката ќе засмрди и ќе се гнасат Египетците да пијат вода од Реката.’”\n19 Уште Господ му рече на Мојсеја: „Речи му на Арона да го земе својот стап и да ја протегне својата рака врз египетските води: врз нивните реки, нивните потоци, нивните езерца, врз сите нивни водени собиралишта, да се претворат во крв; нека е крв низ сета Египетска Земја; па и во дрвените и камените садови.”\n20 Мојсеј и Арон направија како што им заповеда Господ. Арон го крена својот стап и пред очите на фараонот и неговите службеници удри по водата во Реката. Сета вода во реката се претвори во крв.\n21 Рибите пцовисаа во Реката; Реката засмрди, така што Египетците не можеа да пијат вода од Реката; крв имаше низ целата Египетска Земја.\n22 Но египетските волшебници со своите волшебствувања направија исто. Така фараонот остана со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и кажа.\n23 Фараонот се заврте и си отиде во својот дворец, не земајќи го ни тоа на срце.\n24 Сите Египетци почнаа да копаат околу Реката барајќи пивка вода, зашто не можеа да пијат вода од Реката.\n25 И поминаа седум дни откако Господ удри по Реката.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 595, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6320", "title": "Втора книга Мојсеева/ 11 глава", "text": "1 „Со уште една несреќа ќе ги удрам фараонот и Египет - му рече Господ на Мојсеја. Потоа ќе ве пушти оттука. И повеќе: самиот ќе ве истера оттука.\n2 Кажи му на народот нека секој човек побара од својот сосед и секоја жена од својата сосетка сребрени и златни скапоцености.”\n3 Господ направи па Египетците му беа наклонети на народот. Самиот Мојсеј стана почитуван во Египетската Земја, во очите на фараоновите службеници и во очите на народот.\n4 А тогаш Мојсеј навести: „Господ порачува вака: ‘Ќе поминам низ Египет на полноќ.\n5 Секој првороденец во Египетската Земја ќе умре, од фараоновиот првороденец, кој би требало да седи на неговиот престол, до првороденецот на робинката, која се наоѓа покрај мелничкиот камен; а ќе загинат и сите првородени на добитокот.\n6 Во целата Египетска Земја ќе настане голем писок, каков не бил ниту ќе биде после.\n7 Меѓу Израелците ни пес не ќе залае ни живо суштество: ни на човек ни на животно. По тоа ќе знаете дека Господ ги дели Израелците од Египетците.’\n8 Тогаш сите овие твои дворјани ќе дојдат кај мене, ќе се фрлат пред мене и ќе викаат: излезете и ти и сиот народ, кој оди по тебе! Потоа ќе заминам.” И гневен си замина од кај фараонот.\n9 „Фараонот не ќе ве послуша - му рече Господ на Мојсеја - за да се умножат Моите знаци во Египетската Земја.”\n10 Мојсеј и Арон ги извршија сите тие чудеса пред фараонот, ама Господ го закорави срцето на фараонот, така што тој не ги пушташе Израелците да заминат од неговата земја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 265, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6316", "title": "Втора книга Мојсеева/ 9 глава", "text": "1 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Оди при фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, порачува вака: „Пушти го Мојот народ да замине и да ми искаже почитување.\n2 Ако не го пуштиш, туку го задржуваш и натаму,\n3 Господовата рака ќе удри со страшен помор по твојот добиток што е во полето: по коњите, ослињата, камилите, по крупниот и ситниот добиток.\n4 Господ ќе го разликува добитокот на Израелците од добитокот на Египетците, така што нема да настрада ништо што им припаѓа на Израелците.”‘„\n5 Господ го одреди и времето, велејќи: „Утре, Господ ќе го направи ова во земјата.”\n6 Утреден Господ така и направи. Сиот добиток на Египетците изумре, а од добитокот на Израелците не изумре ниту едно грло.\n7 Фараонот истражуваше и се увери дека од израелскиот добиток не изумре ниту едно грло. Ама фараоновото срце сепак се закорави, и не го пушти народот.\n8 Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Земете полни грстови пепел од печката, па Мојсеј нека ја фрли, пред фараоновите очи, кон небото.\n9 Од тоа ќе стане ситен прав по сета Египетска Земја, и ќе предизвика отоци и ќе создаде чирови и на луѓето и на животните, од едниот до другиот крај на Египет.”\n10 Така тие зедоа пепел од печката и дојдоа пред фараонот. Тогаш Мојсеј ја расфрли пепелта кон небото, и отоците и чировите ги покрија луѓето и животните.\n11 Ни волшебниците не можеа да се појават пред Мојсеја, зашто и вражалците, како и сите други Египетци, беа покриени со чирови.\n12 Ама Господ го закорави срцето на фараонот, па тој не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и му рече на Мојсеја.\n13 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Порани наутро, излези пред фараонот и речи му: ‘Господ, Бог на Евреите, порачува вака: „Пушти го народот да замине и да ми искаже почитување.\n14 Ако не го пуштиш, сите свои зла ќе ги навалам овој пат врз тебе, врз твоите службеници и врз твојот народ, така да сознаеш дека нема никој, на целата земја, каков што Сум Јас.\n15 Да ја спуштев Својата рака и да ве удрев со помор, тебе и твојот народ, ќе ве снемаше од земјата.\n16 Те поштедив за да ја покажам Својата сила и за да се објави Моето име по целата земја.\n17 Ама ти се воздигнуваш премногу над Мојот народ и му пречиш да замине.\n18 Утре, во ова доба, ќе пуштам толку страшен град, каков немаше во Египет од кога е создаден до денес.\n19 Затоа нареди да го дотераат под покрив твојот добиток и сè што е надвор, на отворено. Сè што ќе се најде надвор во полето, било човек било животинче, ќе загине кога градот ќе запаѓа врз нив, ако не бидат воведени внатре.”‘„\n20 Фараоновите службеници, кои се уплашија од Господовиот говор, ги дотераа внатре своите слуги и својот добиток.\n21 Тие што не се грижеа за Господовата закана ги оставија надвор и своите слуги и добитокот.\n22 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Испружи ја раката кон небото да удри град по целата Египетска Земја: врз луѓето, животните и врз сите растенија во Египетската Земја.”\n23 Мојсеј го крена стапот кон небото. Господ загрми и пушти град, и молњите ги здружи со земјата. Господ туруваше град по земјата на Египетците;\n24 Градот биеше, низ него секавици параа. Таква стравотија не се нафрли врз Египетската Земја, откако имаше луѓе во неа.\n25 Градот изби, низ сиот Египет, сè што остана надвор, луѓе и животни; ги уништи сите растенија по полето и ги искрши сите полски дрва.\n26 Немаше град само во Гесенскиот Крај, каде што живееја Израелците.\n27 Фараонот испрати по Мојсеја и Арона и им рече: „Признавам дека сум виновен овој пат. Господ има право, а јас и мојот народ сме виновни.\n28 Молете Го Господа да ги запре громовите и градот, а јас ќе ве пуштам да отидете. Не ќе останете веќе долго.”\n29 „Кога ќе излезам од градот - му рече Мојсеј - ќе ја кренам раката кон Господа, па ќе прекратат громовите, а ни град не ќе има веќе, така да знаеш дека земјата Му припаѓа на Господа.\n30 Но ни ти ни твоите дворјани, јас знам, уште не се боите од Господа Бога.”\n31 И така пропаднаа ленот и јачменот: зашто јачменот беше во клас, а ленот во цвет.\n32 Пченицата и ’ржта не настрадаа, зашто беа подоцнежни жита.\n33 Откако си отиде од кај фараонот, Мојсеј излезе од градот и ги крена рацете кон Господа. Грмежите и градот прекратија, а ни дождот веќе не паѓаше на земјата.\n34 Кога фараонот виде дека прекратија грмежите, градот и дождот, пак падна во грев: и тој и неговите службеници пак се закоравија во срцето.\n35 Се закорави срцето на фараонот, и тој не ги пушти Израелците, како што Господ и прорече преку Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 806, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6332", "title": "Втора книга Мојсеева/ 17 глава", "text": "1 Целата израелска заедница, по Господова заповед, тргна натаму од пустината Син. Се влогорија кај Рафидим. Таму немаше вода да пие народот.\n2 Затоа народот почна да се препира со Мојсеја. Викаа: „Дај ни вода да пиеме!” А Мојсеј им одговори: „Зошто се препирате со мене? Зошто Го искушувате Господа?”\n3 Ама народот ожедне за вода, па ропташе против Мојсеја и говореше: „Зошто нè изведе од Египет? Зар да не помориш со жед, нас, нашите деца и нашиот добиток?”\n4 „Што да правам со овој народ! - извика Мојсеј кон Господа. Уште малку па ќе ме каменуваат.”\n5 „Истапи пред народот! - му рече Господ на Мојсеја. Земи со себе неколку израелски старешини; земи го во раката стапот, со кој ја удри Реката, и тргни.\n6 А Јас ќе стојам пред тебе таму, на карпата во Хорив. Удри по карпата: од неа ќе потече вода, па нека се напие народот.” Мојсеј направи така пред очите на израелските старешини.\n7 Местото го нарекоа Маса и Мерива, заради тоа што Израелците се препираа и Го искушуваа Господа, зборувајќи: „Дали е Господ меѓу нас или не е?”\n8 Тогаш дојдоа Амаликците и завојуваа со Израелците кај Рафидин.\n9 А Мојсеј му рече на Исуса: „Одбери момчиња па тргни и зафати борба со Амаликците. Јас ќе застанам утре на врвот на ридот со Божјиот стап во раката.”\n10 Исус направи како што му рече Мојсеј и стапи во борба со Амаликците, а Мојсеј, Арон и Ор се искачија на врвот на брдото.\n11 И додека Мојсеј ги држеше рацете издигнати, Израелците победуваа; а кога ќе ги спуштеше рацете, победуваа Амаликците.\n12 Но најзад рацете му стежнаа на Мојсеја. Затоа зедоа камен, го ставија под него, и тој седна, додека Арон и Ор, еден од едната, а другиот од другата страна, му ги држеа рацете до зајдисонце.\n13 И Исус ги совлада, со острицата на мечот, Амалика и неговиот народ.\n14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Запиши го ова во книгата за спомен, и врежи во Исусовите уши дека Јас ќе го избришам сосем споменот на Амаликците под небото!”\n15 Потоа Мојсеј издигна жртвеник и го нарече: „Господ Ми е Знаме!”\n16 Зашто рече: „Господовото знаме во раката! Господ ќе војува против Амаликците од поколение до поколение!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 376, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6314", "title": "Втора книга Мојсеева/ 8 глава", "text": "1 Господ му рече пак на Мојсеја: „Оди кај фараонот и речи му: ‘Вака говори Господ: „Пушти го Мојот народ да замине и да Ми искаже почитување.\n2 Ако одбиеш да ги пуштиш, ќе ти ја казнам целата земја со жаби.\n3 Реката ќе врие со жаби. Тие ќе излезат и ќе навлезат во твојот дворец, во ложницата, во твојата постела, во куќите на твоите службеници и на твојот народ, под твоите вршници и ноќви.\n4 Жабите ќе скокаат на тебе, на твојот народ и на сите твои службеници.”‘„\n5 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Речи му на Арона нека ја испружи својата рака со стапот врз реките, потоците и езерцата, и направи жабите да се нафрлат на Египетската Земја.”\n6 Арон ја протегна својата рака врз египетските води, и жабите излегоа и ја покрија Египетската Земја.\n7 Но и бајачите направија така со своето баење, па жабите се нафрлија врз Египетската Земја.\n8 Сега фараонот ги повика Мојсеја и Арона и рече: „Молете Го Господа да ги отстрани жабите од мене и од мојот народ, а јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Господа.”\n9 Мојсеј му одговори на фараонот: „Чест нека ти е да ми одредиш кога сакаш да се молам за тебе, за твоите службеници и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од твоите домови и да останат во Реката.”\n10 „Утре,” рече. „Нека биде како што велиш - одговори Мојсеј - да знаеш дека никој не е како Господ, нашиот Бог.\n11 Жабите ќе си отидат од тебе, од твоите службеници и од твојот народ; ќе останат само во Реката.”\n12 Мојсеј и Арон отидоа од фараонот, а тогаш Мојсеј Го повика Господа заради жабите со кои го казни фараонот.\n13 И Господ го послуша Мојсеја, па жабите пцовисаа по куќите, дворовите и нивите.\n14 Ги собираа на купови, земјата засмрде од нив.\n15 Кога фараонот виде дека настапи олеснување, срцето му закораве па не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.\n16 Тогаш пак Господ му рече на Мојсеја: „Речи му на Арона да замавне со својот стап и да удри по правот на почвата, за да се претвори во комарци по целата Египетска Земја.”\n17 И направија така: Арон замавна со раката и стапот, и удри по правот на почвата. Комарците се нафрлија врз луѓето и животните. Целиот прав на почвата се претвори во комарци по сета Египетска Земја.\n18 Вражалците се обидоа да создадат комарци со своето вражање, но не можеа. Луѓето и животните им станаа плен на комарците.\n19 Тогаш бајачите му рекоа на фараонот: „Тоа е Божји прст!” Ама фараоновото срце беше закоравено, па не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ рече.\n20 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Порани наутро, излези пред фараонот кога ќе тргне кон водата, и речи му: ‘Господ порачува вака: „Пушти го Мојот народ да замине и да Ми искаже почитување.\n21 Ако не го пуштиш Мојот народ, ќе пуштам стршели на тебе, на твоите службеници, на твојот народ и на твоите домови. Египетските домови и самата почва ќе се исполнат со стршели.\n22 Но во тој ден ќе го одделам Гесенскиот Крај, во кој живее Мојот народ, па таму нема да се појават стршели, така да знаеш дека Јас Сум Господ во средиштето на земјата.\n23 Ќе ја направам таа разлика меѓу Својот и твојот народ. утре ќе биде тој знак.”‘„\n24 И направи Господ така. Роеви стршели долетаа во фараоновиот дворец, во домовите на неговите службеници и по целата Египетска Земја. Земјата настрада од стршели.\n25 Сега фараонот ги повика Мојсеја и Арона па им рече: „Отидете, принесете Му жртва на својот Бог, но во оваа земја.”\n26 „Не е прилично да направиме така - одговори Мојсеј. Жртвите што ние Му ги принесуваме на Господа, се нечисти за Египетците. И така, кога би принесувале, пред нивни очи, жртви што се за Египетците нечисти, зар не ќе нè каменуваат?\n27 Затоа треба во пустината, три дни одење, па да Му принесеме жртва на Господа на својот Бог, како што ни заповеда.”\n28 „Ќе ве пуштам да заминете во пустината - одговори фараонот - и да Му принесете жртва на Господа, својот Бог, ама не одите предалеку. Молете се за мене!”\n29 Тогаш Мојсеј одговори: „Штом ќе излезам од кај тебе, ќе Го помолам Господа да ги снема утре стршелите од фараонот, од неговите службеници и од неговиот народ. Но фараонот нека не нè измамува повеќе! Нека го пушти народот да замине и да Му принесе жртва на Господа.”\n30 Така Мојсеј излезе од кај фараонот и Му се помоли на Господа.\n31 И Господ направи како што бараше Мојсеј: ги снема стршелите од фараонот, од неговите службеници и од неговиот народ - не остана ниту еден.\n32 Но пак го закорави фараонот своето срце и не му одобри на народот да замине.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 810, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6324", "title": "Втора книга Мојсеева/ 13 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Посветете ми го Мене секој првороденец! Мене ми припаѓаат првенците на мајчината утроба кај Израелците и од луѓето и од животните!”\n3 А тогаш Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во кој сте избавени од Египет, од куќата на ропството, зашто Господ ве избави оттаму со својата силна рака. Стасан леб нека не се јаде!\n4 На овој ден во месецот Авив е вашето избавување.\n5 Затоа: кога Господ ќе те воведе во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Евејците и Евусејците, за која се заколна на твоите предци дека ќе ти ја даде - земја каде течат мед и млеко - во овој месец изврши ваков обред:\n6 шест дена јади бесквасен леб, а на седмиот ден нека се прославува празник во чест на Господа.\n7 Седум дена нека се јаде бесквасен леб; леб со квас нека нема кај тебе; и нека никаде не се види квас во твоето подрачје.\n8 На тој ден објасни му на твојот син: ‘Ова е поради тоа што Господ ми стори кога се спасив од Египет.’\n9 Нека ти биде како знак на твојата рака и како опомена на твоето чело: за да биде Господовиот закон во твојата уста. Зашто Господ те избави од Египет со силна рака.\n10 Вршете го овој пропис секоја година во одредено време.”\n11 „А кога Господ те доведе во земјата на Ханаанците - како што ви се заколна, тебе и на твоите татковци - и кога ќе ти ја предаде,\n12 отстапувајте Му ги на Господа првороденците на мајчината утроба, а така и сите првородени што ги дава твојот добиток - секое машко Му припаѓа на Господа!\n13 Секое првородено на ослињата откупи го со јагне или јаре. Ако не го откупиш, свиткај му го вратот. А секој првороденец меѓу своите деца откупи го.\n14 Кога твојот син ќе те праша утре: ‘Што значи тоа?’ - одговори му: ‘Господ нè изведе со силна рака од Египет, од куќата на ропството.\n15 Бидејќи фараонот стана закоравен па не сакаше да нè пушти, Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: првороденците на луѓето и првороденците на добитокот. Ете затоа на Господа му ја жртвувам секоја првина на мајчината утроба, а го откупувам секој првороденец од своите синови.’\n16 Нека ти биде тоа како белег на твојата рака и како знак среде челото дека Господ нè избави со силна рака од Египет.”\n17 Кога фараонот дозволи да замине народот, Бог не ги поведе кон Филистејската Земја, иако оттаму беше најблизу. Имено, Бог рече: „Може народот да се премисли и да се врати во Египет кога ќе види војување.”\n18 Затоа Бог го поведе народот по заобиколувачки пат, низ пустината кон Црвеното Море. Израелците ја напуштија Египетската Земја вооружени.\n19 Мојсеј ги зеде со себеси Јосифовите коски. Зашто Јосиф ги заколна Израелците со зборовите: „Бог бездруго ќе се застапи за вас. Тогаш земете ги со себе оттука!”\n20 Тргнувајќи од Сокхот се настанија во Етам, на крајот на пустината.\n21 Господ одеше пред нив, дење во столб од облак, за да им го покажува патот, а ноќе во столб од оган, за да им свети. Така можеа да патуваат и дење и ноќе.\n22 И не исчезнуваше од пред народот столбот од облак дење, ни огнениот столб ноќе.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 546, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6346", "title": "Втора книга Мојсеева/ 24 глава", "text": "1 Потоа му рече на Мојсеја: „Искачете се кон Господа - ти, Арон, Надав и Авиуд и седумдесет израелски старешини. Поклонете се оддалеку!\n2 Само Мојсеј нека Му се доближи на Господа! Тие нека не се доближуваат, а народот нека не се искачува со нив.”\n3 Мојсеј дојде и му ги кажа на народот сите Господови зборови и сите одредби. А сиот народ одговори едногласно: „Ќе ги вршиме, сите зборови што ги рече Господ.”\n4 Тогаш Мојсеј ги запиша сите Господови зборови. А наутро порани и подигна жртвеник во подножјето на ридот и дванаесет столбови за дванаесетте Израелеви племиња.\n5 Потоа им наложи на младите Израелци да принесат жртви паленици и да му жртвуваат на Господа јунчиња како жртви помирници.\n6 Мојсеј ја собра крвта; половината крв ја тури во садови, а половината ја излеа врз жртвеникот.\n7 Потоа ја зеде Книгата на Заветот па му ја прочита гласно на народот, а народот одговори: „Ќе вршиме и ќе послушаме сè што рече Господ.”\n8 Потоа Мојсеј ја зеде крвта и го попрска народот, говорејќи: „Ова е крвта на Заветот што Господ го воспоставува сега со вас на основа на сите овие зборови.”\n9 Тогаш Мојсеј се искачи со Арона, Надава и Авиуда и со седумдесетте Израелеви старешини.\n10 Тие го видоа Израелевиот Бог: подножјето на Неговите нозе како да беше од бесценетиот камен сафир, со болскот сличен на самото небо.\n11 Ни Своите раце не ги протегна врз Израелевите избраници: слободно Го набљудуваа Бога и јадеа и пиеја.\n12 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Искачи се кај Мене на ридот и почекај Ме таму. Ќе ти дадам камени плочи со законот и со заповедите, што ги напишав за нивна поука.”\n13 Мојсеј и неговиот помошник Исус станаа, и Мојсеј се искачи на Божјата Гора.\n14 А на старешините им рече: „Чекајте нè тука додека не се вратиме. Ете се со вас Арон и Ор. Кој има некаков спор, нека им се обрати ним.”\n15 Потоа Мојсеј се искачи на гората, а тогаш облак ја покри гората.\n16 Господовата слава се настани на Синајската Гора, и облакот ја покриваше шест дена. На седмиот ден Господ го повика Мојсеја од пред облакот.\n17 Господовата слава на врвот на гората беше за очите на Израелците како оган што изгорува. Мојсеј навлезе во облакот и се искачи на планината.\n18 Четириесет денови и четириесет ноќи Мојсеј престојуваше на гората.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_24_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 400, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6337", "title": "Втора книга Мојсеева/ 20 глава", "text": "1 Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови:\n2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.\n3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.\n4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.\n5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,\n6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.\n7 Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.\n8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.\n9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.\n10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.\n11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.\n12 Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог.\n13 Не ќе убиваш!\n14 Не ќе прељубодејствуваш!\n15 Не ќе крадеш!\n16 Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!\n17 Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!”\n18 Целиот народ беше сведок на грмењето и светкањето, сите го чуја звукот на трубата и видоа како се дими гората: гледаа и трепереа и стоеја подалеку.\n19 Тогаш му рекоа на Мојсеја: „Зборувај ни ти, а ние ќе слушаме. Нека не ни зборува Господ, за да не изумреме!”\n20 „Не бојте се - му рече Мојсеј на народот. Зашто Бог дојде да ве испита; за да остане со вас стравот пред Него, па да не згрешите.”\n21 Народот остана подалеку, а Мојсеј му пристапи на густиот облак, каде се наоѓаше Бог.\n22 „Речи им вака на Израелците - му проговори Господ на Мојсеја. ‘Сами видовте дека зборував со вас од небото.\n23 Не правете покрај Мене идол од сребро, ниту правете си идол од злато.\n24 Направи ми жртвеник од земја и принесувај ми ги врз него своите жртви паленици и жртви благодарници, својот ситен и својот крупен добиток. На секое место што ќе го одредам да се спомнува Моето име, Јас ќе дојдам кај тебе, за да те благословам.\n25 Ако ми изградиш каменен олтар, не го гради од делкан камен, зашто штом врз него ќе го спуштиш своето длето, ќе го оскверниш.\n26 Не се искачувај на Мојот жртвеник по стапалата, за да не се открие твојата голотија на него.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 527, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6317", "title": "Втора книга Мојсеева/ 10 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја: „Оди при фараонот. Направив да им закорави срцето нему и на неговите службеници, за да ги извршам своите знаци меѓу нив;\n2 за да можеш да му раскажуваш на својот син и на својот внук што им направив на Египетците и какви знаци правев меѓу нив, за да знаете дека Јас Сум Господ.”\n3 Така Мојсеј и Арон отидоа при фараонот и му рекоа: „Господ, Бог на Евреите, порачува вака: ‘До кога ќе одбиваш да се понизиш пред Мене? Пушти го Мојот народ да ми искаже почитување.\n4 Зашто ако не го пуштиш Мојот народ, утре ќе доведам скакулци во твојата земја.\n5 Така ќе ја покријат површината, што земјата нема да се гледа од нив. Ќе го изедат она што ви остана по градот; и ќе ви ги оголат сите дрва што растат по полето.\n6 Ќе го исполнам целиот твој дворец, и куќите на твоите службеници и домовите на сите други Египетци - нешто што не видоа ни твоите татковци ни татковците на твоите татковци во оваа земја, од своите времиња до денес.’” Се заврти и си отиде од кај фараонот.\n7 „До кога овој човек ќе ни биде стапица - му рекоа на фараонот неговите службеници. Пуштете ги луѓето нека заминат и нека Му искажат почитување на Господа, својот Бог! Зар не гледаш како Египет се движи упорно во пропаст.”\n8 Ги доведоа назад Мојсеја и Арона при фараонот, а тој им рече: „Одете! Искажете Му почитување на Господа, својот Бог! А кој сè ќе оди?”\n9 „Сите одиме - одговори Мојсеј - и младо и старо. Заминуваме со своите синови и своите ќерки; со својот крупен и ситен добиток, зашто треба да Му одржиме свеченост на Господа.”\n10 „Господ да биде со вас, исто колку и јас што ќе ве пуштам да тргнат со вас и децата! - им одговори. Се гледа дека вашата намера не е чиста.\n11 Не така! Туку нека заминат мажите и нека Му искажат почитување на Господа. Тоа и баравте.” И ги истераа од кај фараонот.\n12 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Протегни ја својата рака врз Египетската Земја за да надојдат скакулци во Египетската Земја и да ги изедат сите растенија, што останаа по градот!”\n13 Така Мојсеј го крена стапот врз Египетската Земја, а Господ го наврати источниот ветер на земјата: дуваше тој цел ден и цела ноќ. А кога се раздени, ветерот ги донесе скакулците.\n14 Тие се разлетаа во сите краишта на Египет во голема густина: толкаво мноштво никогаш не ги било пред тоа, ниту пак некогаш ќе ги биде.\n15 Ја покрија целата земја, така што се зацрнеа од нив. Ги изедоа растенијата во полето и сите плодни дрва што останаа по градот. Повеќе ништо не се зеленееше: ни дрвата, ниту полската трева во целиот Египет.\n16 Фараонот ги повика брзо Мојсеја и Арона па им рече: „Згрешив против Господа, вашиот Бог, и против вас!\n17 Простете ми ја навредата уште само овој пат и молете Го Господа, својот Бог, само да го отстрани од мене овој смртоносен бич!”\n18 Кога Мојсеј си отиде од кај фараонот, го повикаа Господа,\n19 и Господ го смени ветерот во силен западник, што ги потфати скакулците и ги однесе кон Црвеното Море. Ниту еден единствен скакулец не остана, ниту во кој и да е крај на Египет.\n20 Ама Господ го закорави срцето на фараонот, и тој не ги пушти Израелците.\n21 „Испружи ја раката кон небото - Господ му рече на Мојсеја - па нека се спушти темнина над Египетската Земја, темнина што ќе може да се опипа.”\n22 Мојсеј ја протегна раката кон небото, и се спушти густа темнина на сета Египетска Земја: траеше три дни.\n23 Три дни луѓето не можеа да се видат еден-друг, и никој не се помрдна од своето место. А во местата каде што живееја Израелците блескаше светлина.\n24 Тогаш фараонот го повика Мојсеја и му рече: „Оди и искажи Му почитување на Господа! Ама вашиот добиток, крупниот и ситниот, нека остане тука. Вашите деца нека дојдат со вас!”\n25 „Ти треба самиот да нè снабдиш со придонеси и со жртви паленици, што ќе Му ги принесеме на Господа, својот Бог - одговори Мојсеј.\n26 Затоа ќе ги спотераме со нас и своите стада. Ни дел од копитце не ќе остане тука. Од нив треба да избереме за жртвување на Господа, нашиот Бог, а не знаеме, додека не стигнеме таму, што треба да Му принесеме на Господа.”\n27 Господ го закорави срцето на фараонот и тој не се согласи да заминат.\n28 „Оди си! - му викна фараонот на Мојсеја. И да не ми излегуваш повеќе пред очите! Оној ден кога ќе ми се јавиш пак пред очите, ќе загинеш!”\n29 „Добро рече! - му одговори Мојсеј. Не ќе го видам веќе твоето лице!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 795, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6336", "title": "Втора книга Мојсеева/ 19 глава", "text": "1 Три месеци по излезот од Египетската Земја, на истиот ден, Израелците стигнаа во Синајската Пустина.\n2 Идејќи од Рафидин, дојдоа во Синајската Пустина и се влогорија во пустината. Израелците го поставнја логорот тука пред гората,\n3 а Мојсеј се искачи кон Господа. Господ го повика од планината и му рече: „Кажи му вака на Јакововиот дом, разгласи им на Израелевите деца:\n4 ‘Вие видовте што им направив на Египетците; како ве носев на орелски крилја и ве доведов при Себе.\n5 Затоа, ако Ми се покорувате верно и го држите Мојот Завет, вие ќе Ми бидете посебна сопственост, покрај сите народи - па Мој е целиот свет! -\n6 вие ќе Ми бидете царство, свештеници, свет народ.’ Кажи им ги тие зборови на Израелците.”\n7 Мојсеј се врати и ги свика народните старешини па им изложи сè што му нареди Господ.\n8 А целиот народ одговори едногласно: „Ќе правиме сè што нареди Господ.” Тогаш Мојсеј Му го пренесе на Господа одговорот на народот.\n9 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Еве, Јас ќе дојдам при тебе во густ облак, за да чуе народот кога ќе зборувам со тебе, и да ти верува засекогаш.”\n10 „Тргни кон народот - му рече Господ на Мојсеја - и посветувај го денес и утре. Нека ја испере својата облека;\n11 нека биде готов задутре, зашто задутре Господ ќе слезе на гората Синај, пред очите на целиот народ.\n12 Постави наоколу граници за народот и дај наредба: ‘Внимавајте да не се искачувате на ридот; да не се допрете ни до подножјето! Секој што ќе се допре до ридот, ќе го најде смрт.\n13 Ничија рака да не се допре до него, туку нека биде затрупан со камења или застрелан со стрела: било да е човек или животно, нека не остане во живот.’ Нека се искачуваат на ридот при отегнатиот звук на трубата.”\n14 Мојсеј слезе од брдото кон народот и почна да го посветува народот. Тие ја испраа својата облека.\n15 „Бидете готови за задутре! - му рече Мојсеј на народот. Не приближувајте се до жена!”\n16 А на третиот ден, при разденување, зататни грмеж, засветкаа молњи, а густ облак се наднесе над ридот. Грмливо екна трубата, се стресе целиот народ што беше во логорот.\n17 Мојсеј го поведе народот од логорот во пресрет на Бога. Застанаа при подножјето на ридот.\n18 Планината Синај беше завиткана во дим, зашто Господ слезе на неа во оган. Се креваше дим како дим од печка. Целата планина се тресеше силно.\n19 Звукот на трубата стануваше сè посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше со глас.\n20 Господ слезе на Синајската Гора, на врвот, и Господ го повика Мојсеја на врвот на гората. Мојсеј се искачи.\n21 Сега Господ му рече на Мојсеја: „Слези и опомени го народот, за да не навалува кон Господа да го види. Мнозина би загинале.\n22 И самите свештеници, кои доаѓаат близу до Господа, треба да се очистат, за да не ги уништи Господ.”\n23 Народот не може да се искачи на ридот Синај - Му одговори Мојсеј на Господа - зашто Ти Самиот нè опомена: ‘Постави граници околу ридот и прогласи го за свет.’”\n24 „Слези и искачи се пак со Арона - му одговори Господ. Ама свештениците и народот нека не навалуваат да се искачат кон Господа, за да не загинат.”\n25 Мојсеј слезе при народот и му кажа сè.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 556, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6327", "title": "Втора книга Мојсеева/ 15 глава", "text": "1 Тогаш Мојсеј, со Израелците, ја запеа оваа песна во слава на Господа: „Ќе запеам во чест на Господа, зашто се прослави, коњот и коњаникот Тој ги фрли во морето.\n2 Моја сила, моја песна е Господ, зашто стана мој Избавител. Тој е мој Бог, јас ќе Го славам Него, Тој е Бог на мојот татко, Него ќе го возвеличувам.\n3 Господ е храбар војник, Неговото име е Господ Бог.\n4 Ја фрли во морето фараоновата кола и неговата војска; цветот на неговите штитоносци Црвеното Море го голтна.\n5 Брановите ги прекрија; како камен потонаа во морските длабочини.\n6 Твојата десница, Господи, се прослави со сила; Твојата десница, Господи, го распарчи непријателот.\n7 Со Своето величество Ти ги оборуваш враговите; го пушташ Својот гнев и тој ги голтнува како слама.\n8 Од здивот на Твоите носалки надојдоа водите, брановите се издигнаа во ѕид, длабочините се зацврстија во срцето на морето.\n9 Мислеше непријателот: ‘Ќе ги голтнам, ќе ги стигнам, ќе го поделам пленот, мојата душа ќе биде со него; ќе го извлечам мечот, ќе ги уништам со својата рака.’\n10 А ти дувна со Твојот ветер, морето се затвори над нив; како олово потонаа во бездната на силната вода.\n11 Кој е како Тебе, Господи, меѓу боговите, кој свети како Тебе во светлина, страшен во делата, прекрасен во чудесата?\n12 Десницата ја испружи и земјата ги голтна!\n13 Со Својата милост го водеше овој народ, откупен од Тебе, со Својата сила го упати кон Твоето свето живеалиште.\n14 Штом го чуја тоа, народите се стресоа; маки ги нападнаа Филистејците.\n15 Ужас ги скрши едомските главатари, трепет ги опфати моавските кнезови и се тресат сите што живеат во Ханаан.\n16 Страв и трепет ги напаѓаа нив, силата на Твојата рака ги скамени додека, Господи, не помина Твојот народ, додека не помина Твојот народ, кого го откупи.\n17 Ќе ги доведеш и ќе ги посадиш на Гората на Своето наследство, на местото што Ти, Господи, го направи Свое Живеалиште, Светилиште, о Господи, создадено со Твојата рака.\n18 Господ ќе царува секогаш и довека.”\n19 Кога фараоновите коњи, неговите коли и коњаници слегоа во морето, Господ ги врати на нив морските води, откако Израелците поминаа среде море по суво.\n20 Тогаш Ароновата сестра, пророчицата Маријам, зеде тапанче во раката, а сите жени и се придружија со тапанчиња во рацете и играјќи,\n21 Маријам им ја отпеа песната: „Запејте Му на Господа, зашто се прослави со слава! Коњот со коњаникот го фрли во морето.”\n22 Мојсеј ги раздвижи Израелците од Црвеното Море, и тргнаа на пат низ пустината Сур. Патуваа низ пустината три дни, а не најдоа вода.\n23 Дојдоа до Мера, ама не можеа да пијат вода кај Мера, зашто беше горчлива. Затоа и се вика Мера.\n24 Народот мрмореше против Мојсеја и зборуваше: „Што ќе пиеме?”\n25 А тој Го повика Господа. Господ му покажа едно дрво. Го фрли тој дрвото во водата, и водата стана слатка. Таму Господ им даде закон и право и таму ги стави во искушение.\n26 Потоа рече: „Ако го слушаш добро гласот на Господа, својот Бог, вршејќи што е право во Неговите очи; ако го насочуваш своето уво кон Неговите заповеди и ги држиш Неговите закони, нема да пуштам на вас никакви болести, што ги пуштив на Египетците. Зашто Јас Сум Господ, твој исцелител.”\n27 Потоа стигнаа во Елим, каде имаше дванаесет извори и седумдесет палми. Таму се влогорија, покрај водата.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 570, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6334", "title": "Втора книга Мојсеева/ 18 глава", "text": "1 А Јотор, мадијамски свештеник, Мојсеев дедо, чу сè што направи Бог за Мојсеја и за целата израелска заедница, и како Господ ги избави Израелците од Египет.\n2 Тогаш Мојсеевиот дедо, Јотор, ја поведе Сепфора, Мојсеевата жена - која Мојсеј ја беше вратил назад -\n3 и обата нејзини синови. На едниот името му беше Гирсам, а тоа ќе рече: „Бев придојденец во туѓа земја.”\n4 Вториот се викаше Елиезер, односно: „Бог на мојот татко ми беше на помош и ме спаси од фараоновиот меч.”\n5 Така Мојсеевиот дедо, Јотор, ги поведе кон Мојсеја во пустината, каде Мојсеј се влогори на Божјата Гора, неговите синови и неговата жена.\n6 Му порача на Мојсеја: „Јас, твојот дедо Јотор, доаѓам при тебе со твојата жена и со двата нејзини синови.”\n7 Мојсеј му излезе во пресрет на својот дедо; му се поклони длабоко и го прегрна. Откако се распрашаа за здравјето, влегоа во шаторот.\n8 Тогаш Мојсеј му раскажа на својот дедо за сè што Господ му стори на фараонот и на Египетците заради Израелците; за сите незгоди што ги снајдоа патем, ама Господ ги избави од нив.\n9 Јотор се радуваше за сето добро што Господ им го направи на Израелците и дека ги ослободи од египетските раце.\n10 „Нека е благословен Господ, Кој ве избави од египетските раце и од фараоновите раце - рече Јотор.\n11 Сега знам дека Господ е изнад сите богови, зошто го избави народот од под египетската власт, кога постапуваа жестоко со него.”\n12 Потоа Јотор, Мојсеевиот дедо, Му принесе жртва паленица и принос на Бога. Тогаш дојдоа Арон и сите израелски старешини да јадат леб на гозба пред Господа.\n13 Утреден Мојсеј седна да му дели правда на народот. Народот стоеше околу него од утрото до мракот.\n14 Откако го виде Мојсеевиот дедо целиот труд што тој го правеше за народот, му рече: „Што правиш тоа со народот? И зошто седиш сам, а целиот народ стои околу тебе од утро до мрак?”\n15 „Народот доаѓа при мене - му одговори Мојсеј - за да се посоветува со Бога.\n16 Кога имаат препирка меѓу себе, доаѓаат кај мене. Јас тогаш пресудувам меѓу едниот и другиот; им ги изложувам Божјите закони и одредби.”\n17 „Не е добро како што работиш - му одговори дедото на Мојсеја.\n18 И ти и тој народ со тебе ќе се исцрпите целосно. Таа работа е претешка за тебе; сам не можеш да ја вршиш.\n19 Послушај ме. Ќе те советувам, и Бог ќе биде со тебе! Ти застапувај го народот пред Бога; изнесувај ги нивните спорови пред Бога.\n20 Поучувај ги за законите и одредбите; покажувај им го патот по кој треба да одат, упатувај ги во дела што треба да ги вршат.\n21 Тогаш, избери од целиот народ способни луѓе, кои се бојат од Бога, и праведни, кои го мразат поткупот, па постави ги за главатари на народот: илјадници, стотници, педесетници и десетници.\n22 Нека му судат на народот во секое време. Сите поголеми случаи нека ги изнесуваат пред тебе, а за помалите нека пресудуваат сами. Олесни си го бремето: нека го носат тие со тебе.\n23 Ако направиш така и Бог ти го одобри тоа, ќе можеш да издржиш, и сиот овој народ ќе си оди дома во мир.”\n24 Мојсеј го послуша советот на својот дедо и направи како што го посоветува.\n25 Мојсеј избра способни луѓе од сите Израелци па ги постави за главатари на народот: илјадници, стотници, педесетници и десетници.\n26 Тие му судеа на народот во секое време. Потешките случаи му ги изнесуваа на Мојсеја, а за помалите решаваа сами.\n27 Потоа Мојсеј го отпушти својот дедо, и тој отиде во својата земја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 607, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6342", "title": "Втора книга Мојсеева/ 22 глава", "text": "1 „Ако некој украде говедо или животинче од ситниот добиток, па било да го заколе, било да го продаде, тогаш за едно говедо да се вратат пет говеда, а за ситно животинче четири ситни добичиња.\n2 Ако крадецот биде затекнат како го пробива ѕидот, па му биде зададен смртоносен удар, неговата крв не треба да биде одмаздувана.\n3 Но ако е сонцето веќе изгреано, неговата крв треба да биде одмаздена. Крадецот треба да ја надомести штетата. Ако нема ништо, тој треба да биде продаден за неговата кражба.\n4 Ако се најде украденото животно живо во неговата сопственост - говедо, осле или некоја глава ситен добиток - треба да плати двојно.”\n5 „Кој опусти нива или лозје, пуштајќи го својот добиток да испасе и да избрсти туѓо, нека надомести со тоа што ќе најде најубаво во својата нива и во своето лозје.\n6 Кој запали оган па тој ги зафати трњето и изгори житото во снопје, во класот или на нивата, оној што го запали огнот треба да ја надомести штетата.\n7 Кога некој ќе остави кај познат пари или работи на чување, па бидат украдени од неговата куќа, ако крадецот биде најден, треба да плати двојно.\n8 Ако крадецот не биде најден, сопственикот на куќата нека се изведе пред судиите, за да се докаже како тој не ги спуштил своите раце врз имотот на својот ближен.\n9 За секој прекршок на проневера - без оглед дали се работи за говедо, осле, ситен добиток, облека, или за која и да е изгубена работа за која се тврди: тоа е она! - спорот треба да биде изнесен пред судиите. Оној кого судиите ќе го прогласат за виновен нека му плати на другиот двојно.\n10 Кога некој ќе довери на својот сосед: говедо, глава добиток, или какво и да е животинче, па тоа пцовиса, или се рани или некој го одвел, а да нема сведок,\n11 заклетвата пред Господа нека одлучи меѓу двајцата дали чуварот посегна или не по имотот на својот ближен. Тоа нека му е достатно на сопственикот, а чуварот не е должен да надоместува.\n12 Ако се најде дека тој го украл, треба да ја надомести штетата.\n13 Ако ѕвер го раскина, нека го донесе за доказ, така што нема да даде оштета за раскинатото.\n14 Кога некој позајми од својот сосед добиче на услуга, па тоа се рани или пцовиса додека сопственикот не беше со него, нека плати оштета.\n15 Ако сопственикот беше со него, не му дава оштета; ама ако беше позајмено за орање, нека дојде по својата надница.”\n16 „Ако некој заведе девојка, која не е свршена, и легне со неа, нека даде за неа откуп за женачка и нека ја земе за жена.\n17 Ако нејзиниот татко одбие да му ја даде, заведникот треба да измери сребро во вредност на откупот за женење за девојката.”\n18 „Не дозволувај да живее вражалка!\n19 Секој што ќе легне со добиток, треба да биде казнет со смрт.\n20 Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол - освен на единствениот Бог - нека биде предаден на проклетството, целосно уништен.”\n21 „Не го угнетувај придојденецот ниту му нанесувај неправда, зашто и самите бевте придојденци во Египетската Земја.\n22 Не ги расплачувајте вдовиците и сираците!\n23 Ако ги расцвилиш и тие извикаат кон Мене, задолжително ќе го послушам нивниот вик.\n24 Ќе се распали Мојот гнев, и ќе ве погубам со меч, така вашите жени ќе останат вдовици а децата сирачиња.\n25 Ако му позајмиш сребро на некој од Мојот народ, на сиромавиот што е кај тебе, не постапувај кон него како заемодавачот! Не му наметнувај данок!\n26 Ако му ја земеш на својот сосед наметката во залог, треба да му ја вратиш пред зајдисонце.\n27 Па тоа му е единствената покривка, со која го завиткува своето тело и во која може да легне. Ако извика кон Мене, ќе го послушам, зашто Јас Сум милостив.\n28 Не хули го судијата и не пцуј го старешината на својот народ.\n29 Не се двоуми со приносите од своето изобилство од гумното и од својот леб! Дај Ми го Мене првенецот од своите синови.\n30 Исто направи со своите говеда и со ситниот добиток: нека остане со својата мајка седум денови, а на осмиот ден да Ми го дадеш Мене!\n31 Бидете народ што Ми е посветен Мене! Затоа не јадете месо од животни растргани од ѕверови, туку фрлете им го на кучињата!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_22_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 730, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6330", "title": "Втора книга Мојсеева/ 16 глава", "text": "1 Потоа тргнаа од Елим, и сета израелска заедница дојде во пустината Син, што е меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден на вториот месец по излезот од Египетската Земја.\n2 Целата израелска заедница почна да мрмори во пустината против Мојсеја и Арона.\n3 „Ох, да изумревме од Господовата рака во Египетската Земја, кога седевме покрај грнци со месо и јадевме леб до наситка! - им рекоа. Нè изведовте во оваа пустина за да го поморите со глад целово ова мноштво!”\n4 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Ќе направам да ви паѓа како дожд леб од небото. Народот нека отиде и собира секој ден, колку што му треба за ден. Така ќе ги искушам и ќе видам дали ќе се придржуваат до Мојот закон или не.\n5 А на шестиот ден, кога ќе го сместат собраното, ќе има двапати онолку, колку собираа за секој ден.”\n6 Тогаш Мојсеј и Арон им проговорија на сите Израелци: „Вечерва ќе познаете дека Господ ве изведе од Египетската Земја,\n7 а наутро ќе ја видите, со свои очи, Господовата слава, зашто Господ ве чу како мрморевте против Него. Што сме ние да мрморите против нас?\n8 Вечерва Господ ќе ви даде месо да јадете - продолжи Мојсеј - а наутро леб до наситка, зашто Господ го чу вашето мрморење против Него. Што сме ние? Вие не мрморите против нас, туку против Господа.”\n9 Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Речи и на целата израелска заедница: соберете се пред Господа, зашто го чу вашето мрморење!”\n10 И додека Арон и зборуваше на целата израелска заедница, тие се свртија кон пустината, и ете, Господовата слава се појави во облак.\n11 Тогаш Господ му се јави на Мојсеја и му рече:\n12 „Го чув мрморењето на Израелците. Речи им вака: ‘Вечерва ќе јадете месо, а наутро ќе се наситите со леб. Тогаш ќе познаете дека Јас Сум Господ, ваш Бог.’”\n13 И навистина! Навечер се појавија потполошки и го покрија логорот, а наутро изобилна роса наросила сè околу логорот.\n14 Кога се крена навлаката од росата, по површината на пустината лежеше тенок слој, нешто како снегулки, како да се фатила слана по земјата.\n15 Кога Израелците го видоа тоа, се прашуваа еден друг: „Што е тоа?” Зашто не знаеја што е. Тогаш Мојсеј им рече: „Тоа е леб, што Господ ни го набави за храна.\n16 А ова е заповедта што Господ ја издаде: ‘Соберете колку што му е потребно секому за јадење - по еден гомор на личност, секој според бројот на членовите што му се во шаторот.’”\n17 Израелците направија така. Некои собраа повеќе, некои помалку.\n18 Кога измерија со гомор, се покажа дека немаше излишок оној кој собрал многу, а ниту недостиг оној кој собрал малку: секој собрал колку што му требаше за јадење.\n19 „Нека никој не остава ништо за утрото!” им рече Мојсеј.\n20 Но тие не го послушаа Мојсеја; некои оставија и за утре. А тоа им црвоса и засмрде. Мојсеј се налути на нив.\n21 Така собираа секое утро колку што му требаше секому за јадење. И кога сонцето ќе огрееше, маната се растопуваше.\n22 Тогаш на шесттиот ден собраа двојно количество храна по два гомора на секој. Кога старешините на заедницата дојдоа да го известат Мојсеја,\n23 тој им рече: „Ова е Господова заповед: утре е ден на целосна почивка, сабота посветена на Господа. Испечете што сакате да печете; сварете што сакате да варите. Сè што ќе ви биде одвишок оставете го за утре.”\n24 Тие го оставија тоа за утре, како што нареди Мојсеј, и ниту засмрде, ниту пак се појавија црви.\n25 „Јадете го тоа денес - им рече Мојсеј - зашто овој ден е сабота во чест на Господа; денес не ќе најдете мана во полето.\n26 Собирајте ја шест дни, а на седмиот, во сабота, ќе ја нема.”\n27 Имаше некои што одеа и во седмиот ден да ја соберат, ама ништо не најдоа.\n28 Затоа Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе одбивате да им се покорите на Моите заповеди и на Моите закони?\n29 Погледајте! Затоа што Господ ви ја даде саботата, ви дава храна на шесттиот ден за два дни. Нека секој стои каде што е; нека никој не излегува од својот шатор во седмиот ден.”\n30 Така народот се одморуваше на седмиот ден.\n31 Израелевиот дом ја нарече таа храна: мана. Беше како кориандрово зрно; бела, а имаше вкус на медено колаче.\n32 Тогаш Мојсеј рече: „Ова е заповед што ја даде Господ: ‘Наполнете со тоа еден гомор и чувајте го за своите потомци, за да ја видат храната со која ве хранев во пустината, кога ве избавив од Египетската Земја.’”\n33 И Мојсеј му нареди на Арона: „Земи еден сад; стави во него цел гомор мана, а потоа положи го пред Господа, да се пази за вашите потомци.”\n34 Како што Господ му нареди на Мојсеја, Арон ја сложи пред Сведоштвото на чување.\n35 Израелците се хранеа со мана четириесет години, сè додека не дојдоа во населена земја: јадеа мана до доаѓањето на границата на Ханаанската Земја.\n36 Гомор е десетти дел од ефа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 845, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6326", "title": "Втора книга Мојсеева/ 14 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Речи им на Израелците да се вратат и да се влогорат пред Пи-Аирот, меѓу Мигдол и морето, спроти Вел-Сефон. Настанете се спроти ова место, покрај морето.\n3 Фараонот ќе рече: ‘Израелците скитаат низ крајот ваму-таму; пустината ги затвори.’\n4 Јас ќе го закоравам срцето на фараонот, и тој ќе тргне во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над целата негова војска. Така Египетците ќе сознаат дека Сум Јас Господ.” Израелците сторија така.\n5 Кога на египетскиот цар му рекоа дека народот избега, фараонот и неговите дворјани се премислија за народот. „Зошто го сторивме ова! - рекоа - Ги пуштивме Израелците, и веќе нема да ни служат.”\n6 Затоа фараонот ја опреми својата кола и ја поведе својата војска.\n7 Зеде шест стотини избрани свои коли и други коли од Египет. И во сите беа штитоносци.\n8 Господ го закорави срцето на фараонот, египетскиот цар, па тој тргна во потера по Израелците, кои заминаа со издигнати тупаници.\n9 И така, Египетците тргнаа во потера по нив. И додека Израелците беа влогорени покрај морето, близу Пи-Аирот, спроти Вел-Сефон, ги стигнаа сите фараонови коњи впрегнати во колите, неговите коњаници и неговата војска.\n10 Кога фараонот се приближи, Израелците погледнаа и забележија дека Египетците се во потера по нив, па ги опфати голем страв. И Израелците извикаа кон Господа:\n11 „Зар немаше гробови во Египет - му рекоа на Мојсеја - па нè извади да изумреме во пустината? Каква услуга ни направи што нè изведе од Египет!\n12 Зар не ти го рековме токму ова во Египет: ‘Пушти нè! Ќе им служиме на Египетците!’ Подобро ни е и ним да им служиме отколку да загинеме во пустината.”\n13 „Не бојте се! - му рече Мојсеј на народот. Стојте цврсто и ќе видите што ќе стори Господ, за да ве спаси денес: Египетците што ги гледате денес, никогаш веќе не ќе ги видите.\n14 Господ ќе се бори за вас. Бидете мирни!”\n15 „Зашто викате кон Мене! - му рече Господ на Мојсеја. Речи им на Израелците да тргнат на пат.\n16 А ти поткрени го стапот, испружи ја својата рака над морето и раздели го надве, за да можат Израелците да поминат низ морето по суво.\n17 Јас ќе го закоравам срцето на Египетците, и тие ќе тргнат по вас, а Јас ќе се прославам тогаш над фараонот и над неговите војници, над неговите коли и коњаници.\n18 Нека знаат Египетците дека Јас Сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над неговите коли и над неговите коњаници.”\n19 Божјиот Ангел, кој одеше на чело на израелските чети, го смени местото и им застана зад плеќите. А и облачниот столб се помести од пред нив и им застана зад плеќите.\n20 Се смести меѓу египетската војска и израелската војска и им стана на оние темен облак, а на овие им ја осветлуваше ноќта, така што не можеа да им се приближат едни на другите цела ноќ.\n21 Мојсеј ја држеше раката протегната над морето, додека Господ, цела ноќ, ги валаше водите со силен источен ветер и го пресуши морето. Кога водите се раздвоија,\n22 Израелците слегоа во морето на исушеното дно, а водите стоеја како прегради оддесно и одлево.\n23 Египетците: сите фараонови коњи, колите и коњаниците, навлегоа по нив во морето, во потера.\n24 При утринската стража, Господ погледна од огнениот и облачниот столб на египетската војска и создаде смут во неа.\n25 Ги закочи тркалата на нивните коли, така што едвај се движеа напред. „Да бегаме од Израелците! - извикаа Египетците - зашто Господ се бори за нив против Египетците!” Тогаш Господ му рече на Мојсеја:\n26 „Протегни ја раката над морето, за да се вратат водите врз Египетците, врз нивните коли и коњаници.”\n27 Мојсеј ја испружи раката над морето, и во самите мугри морето се врати во своето корито. Бидејќи Египетците, бегајќи, трчаа кон морето, Господ ги фрли главечки среде водите.\n28 Така водите, слевајќи се назад, ги потопија колите, коњаниците, и целата фараонова војска, што беше тргнала во потера по Израелците во морето. И не остана ниту еден од нив.\n29 А Израелците одеа по суво среде морето, водата им стоеше како ѕид оддесно и одлево.\n30 Така Господ, во оној ден, го избави Израел од египетските раце, и Израел ги виде Египетците мртви на морскиот брег.\n31 Израел ја виде големата сила што Господ ја покажа над Египетците. Народот се исплаши од Господа, и им поверува на Господа и на неговиот слуга Мојсеј.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 749, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6352", "title": "Втора книга Мојсеева/ 27 глава", "text": "1 „Направи жртвеник од багремово дрво, долг пет лакти, широк пет лакти - вистински четвртест - и висок три лакти.\n2 Направи рогови на неговите четири агли. Роговите нека му бидат од едно парче со него. И опкови ги со бронза.\n3 Натаму, направи за жртвеникот садови за собирање на отпадоците: лопатки, грнчиња, вилушки и кадилници. Сите прибори за жртвеникот направи ги од бронза.\n4 Потоа направи за него решетка од бронза, во облик на мрежичка, а на четирите агли на мрежичката направи четири колца од бронза.\n5 И стави ја под издаденоста на жртвеникот, така да зафаќа до средината на жртвеникот.\n6 Потоа направи ластегарка за жртвеникот, ластегарки од багремово дрво, па ги опкови со бронза.\n7 Нека ластегарките бидат провлечени низ колцата, така што ќе дојдат на двете страни на жртвеникот, кога ќе се носи.\n8 Направи го шуплив, од даски: како што ти е покажано на гората, така нека е и направен.”\n9 „Направи му и двор на Шаторот. На јужната страна направи завеси од препреден лен, сто лакти во должина од таа страна.\n10 Нивните дваесет столбови нека стојат на дваесет подножја од бронза, и нека имаат куки и поврзувачи од сребро.\n11 Исто така направи завеси за северната страна долги сто лакти. Нивните дваесет столбови и дваесет подножја од бронза, но куките и поврзувачите нека се од сребро.\n12 На широчината на дворот од западната страна ќе и требаат завеси долги педесет лакти, со десет столбови и десет подножја.\n13 Широчината на дворот кон источната страна нека биде педесет лакти.\n14 Натаму, завесите од едната страна на вратата нека се долги петнаесет лакти, со своите три столба и со нивните три подножја.\n15 А на другата страна завесите нека се пак петнаесет лакти, со своите три столба и со нивните три подножја.\n16 За влезот во дворот: везана завеса од дваесет лакти, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен; и со своите четири столба и нивните четири подножја.\n17 Сите столбови околу дворот нека се поврзани со сребро. Куките нека им се од сребро, а подножјата од бронза.\n18 Дворот нека е во должина сто лакти, а во широчина педесет, а во височина пет лакти. Завесите нека му се од препреден лен, а подножјето од бронза.\n19 Сите прибори во Шаторот за општа употреба, и сите негови колчиња, а така и колчињата во дворот, нека се од бронза.”\n20 „Натаму, нареди им на Израелците да ти донесуваат за осветление чисто масло од истолчени маслинки, за да гори светилото постојано.\n21 Арон и неговите синови нека го поставуваат во Шаторот на средбата надвор од завесата што го засолнува Сведоштвото, за да гори пред Господа од вечер до утро. Нека е тоа неотповиклива наредба за израелските поколенија.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_27_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 456, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6344", "title": "Втора книга Мојсеева/ 23 глава", "text": "1 „Не давај лажни изјави! Не помагај му на злосторникот сведочејќи криво!\n2 Не се поведувај по мноштвото, за да правиш зло; ниту сведочи во парницата застанувајќи на страната на мнозинството против правдата.\n3 Не смееш да бидеш пристрасен кон сиромавиот во неговата парница.\n4 Ако сретнеш заскитано говедо или осле на својот непријател, треба да му го доведеш назад.\n5 Ако го забележиш ослето, на оној кој те мрази, како паднало под својот товар, не го оставај: треба да му помогнеш да се крене заедно со неговиот господар.\n6 Не оштетувај ги правата на својот сиромав во неговата парница.\n7 Стој далеку од лажно обвинение; не убивај го невиниот и праведниот, зашто Јас не им проштавам на злочинците.\n8 Не примај поткуп, зашто поткупот ги заслепува и оние кои гледаат најјасно и го упропастува правото на праведникот.\n9 Не угнетувај го придојдениот! Па знаете како му е на придојденикот, и самите бевте придојденци во Египетската Земја.”\n10 „Шест години сеј ја својата земја и собирај ги нејзините плодови,\n11 а на седмата година остави ја да почива необработена. Нека се хранат од неа бедните на твојот народ, а што ќе и остане нејзе, нека го изедат полските животни. Работи така и со своето лозје и со својата маслинова градина.\n12 Шест дена врши ја својата работа, ама на седмиот ден откажи се од своите работи, за да ти се одморат волот и ослето и за да здивнат синот на твојата слугинка и придојденикот.\n13 Внимавајте на сè што ви реков. Не спомнувајте имиња на други богови. Тоа нека и не се чуе од твојата уста.”\n14 „Трипати годишно одржувај свеченост во Моја чест.\n15 Слави го Празникот на бесквасниот леб. Во одредено време во месецот Авив - зашто во него излезе од Египет - седум дена јади бесквасен леб, како што ти наредив. Нека никој не истапува пред Мене со празни раце!\n16 Потоа слави го Празникот на жетвата - на првините што ги донесуваат полињата, кои ги засејуваш. Потоа Празникот на бербата на крајот на годината, кога ги прибираш од полето плодовите на својот труд.\n17 Трипати годишно сите твои машки нека стапат пред Господа.\n18 Крвта на жртвата, што ја жртвуваш во Моја чест, не ја принесувај со стасан леб; не ја оставај за утреден масата од жртвата принесена во Моја чест.\n19 Донесувај во домот на Господа, својот Бог, најдобри првини од својата земја. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.”\n20 „Еве, го испраќам Својот ангел пред тебе, да те чува патем и да те доведе во местото што ти го приготвив.\n21 Почитувај го и слушај го! Не буни се против него, зашто нема да ви ги опростува прекршоците: па Моето име е во него.\n22 Ако му се покоруваш верно и ако вршиш сè што Сум наредил, Јас ќе им бидам непријател на твоите непријатели и противник на твоите противници.\n23 Мојот ангел ќе врви пред тебе и ќе те доведе до Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананците, Евејците и Евусејците, за да ги уништам.\n24 Немој да им се клањаш на нивните идоли ниту им искажувај почитување; не постапувај како што прават тие, туку сруши им ги нивните идоли и искрши им ги столбовите.\n25 Искажувајте Му почитување на Господа, својот Бог, па ќе ги благословувам твојот леб и твојата вода и ќе ја отстранам болеста од тебе.\n26 Во твојата земја ќе нема пометнувачка; Јас ќе го направам полн бројот на твоите денови.\n27 Пред тебе ќе го испратам Својот страв; во безредие ќе го фрлам сиот свет, среде кој ќе дојдеш, и ќе направам сите твои непријатели да бегаат пред тебе.\n28 Ќе испраќам стршели пред тебе, за да ги истераат пред тебе Евејците, Хананците и Хетејците.\n29 Не ќе ги истерам пред тебе за една година, за да не опусти земјата и за да не се намножат дивите животни на твоја штета.\n30 Ќе ги терам пред тебе малку по малку додека ти порасте потомството, така што ќе ја заземеш земјата.\n31 Ќе ти поставам граница: од Црвеното до Филистејското Море, од пустината па до Реката. Имено, ќе ги предадам жителите на земјата во твоите раце, а ти терај ги пред себе.\n32 Не прави завет ни со нив ниту со нивните идоли.\n33 Нека не останат во твојата земја, за да не те наведуваат на грев против Мене. Ако би ги почитувал нивните идоли, тоа би било стапица.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_23_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 732, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6340", "title": "Втора книга Мојсеева/ 21 глава", "text": "1 „Ова се прописите што треба да им ги изложиш:\n2 Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен.\n3 Ако дојде сам, сам и нека си замине; ако е женет, со него нека отиде и неговата жена.\n4 Ако господарот му набавил жена, па таа му роди било синови било ќерки, и жената и нејзините деца нека му припаднат на нејзиниот господар, а тој нека си отиде сам.\n5 Ама ако робот изјави отворено: ‘Ги љубам својот господар, својата жена и своите деца, не сакам да бидам слободен,’\n6 тогаш неговиот господар нека го доведе при судиите. Кога ќе го доведе до вратата или до столбот на вратата, господарот нека му го дупне увото со шило и нека му остане трајно во служба.\n7 Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови.\n8 Ако не му се допадне на својот господар, кој ја одредил за себеси, нека ја остави да се откупи. Нема право да ја продаде на странци, кога не и бил верен.\n9 А ако ја одреди за својот син, нека постапува со неа како и со ќерка.\n10 Ако се ожени со друга, не смее на првата да и ги крати: храната, облеката или нејзините брачни права.\n11 Ако не и ги прави овие три работи, нека е слободна и нека отиде без откупнина.”\n12 „Кој ќе удри човек па го усмрти, нека биде казнет со смрт.\n13 Ама ако го направил тоа ненамерно, туку Бог пуштил да падне во неговата рака, ќе ти одредам место каде може да побегне.\n14 Кој намерно ќе се нафрли врз својот ближен и го убие подмолно, одвлечи го и од мојот жртвеник, за да биде погубен.\n15 Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт.\n16 Кој ќе грабне човек - било за да го продаде, било за да го задржи во своја власт - нека биде казнет со смрт.\n17 Кој ќе ги проколне татка си или мајка си нека биде погубен.”\n18 „Ако се степаат луѓе, па еден од нив го удри другиот со камен или со рака, ама овој не загине, туку падне во постела,\n19 но после стане и може да излегува, макар и со стап, тогаш нека му биде простено на оној кој го удрил, само нека му го плати неговиот губиток на времето и му прибави целосно исцелување.\n20 Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.\n21 Но ако робот преживее ден-два, нека не се спроведува одмаздата, зашто робот е негова сопственост.\n22 Ако се степаат луѓе и удрат трудна жена, па таа пометне, но нема друга штета, тогаш оној кој ја удрил нека ја плати оштетата што ќе ја побара нејзиниот маж. Тој нека плати како што ќе одредат судиите.\n23 Има ли друго зло, казната нека биде: живот за живот,\n24 око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога,\n25 изгореница за изгореница, рана за рана, синило за синило.\n26 Ако некој ги удри својот роб или својата робинка во око и го упропасти, нека го ослободат заради окото.\n27 Ако му избие заб на својот роб - или на својата робинка - нека го ослободи заради забот.\n28 Кога вол боцне маж или жена па ги усмрти, нека се каменува со камења. Тогаш неговото месо не смее да се изеде, а на неговиот сопственик нека му биде простено.\n29 Ама ако тоа добиче боцкаше и пред тоа, а неговиот сопственик, иако опоменуван, не го чувал, па тоа усмрти маж или жена, тоа добиче нека биде каменувано; а и неговиот сопственик има да биде погубен.\n30 Ако на сопственикот му биде одредена откупна цена, за да го откупи својот живот, нека плати колку ќе му се одреди.\n31 Ако волот убоде дете или девојче нека се постапи со него исто според ова правило.\n32 Ако боцне роб или робинка, нека сопственикот им исплати на нивниот господар триесет сребрени сикли, а добичето нека биде каменувано.\n33 Ако некој остави отворена јама, или некој ископа кладенец и не го покрие, па во него падне добиче или осле, сопственикот на кладенецот ќе даде надомест:\n34 нека му исплати на сопственикот со сребро, а пцовисаното животно нека му припадне нему.\n35 Кога нечиј вол боцне вол на друг па тој пцовиса, тогаш нека го продадат живиот вол, а добиените пари нека ги поделат; и пцовисаното добиче нека го поделат меѓу себе.\n36 Ама ако се знае дека тој вол боцкал и порано, а неговиот господар не го чувал, тогаш треба да надомести вол за вол, додека пцовисаното животно ќе биде негово.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_21_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 792, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6348", "title": "Втора книга Мојсеева/ 25 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце.\n3 А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза;\n4 љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;\n5 готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;\n6 масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;\n7 оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.\n8 Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив.\n9 При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам.”\n10 „Нека направат ковчег од багремово дрво: долг два ипол лакти, широк лакот ипол и висок лакот ипол.\n11 Опкови го со чисто злато, опкови го однадвор и внатре; а околу него стави завршен појас од злато.\n12 Излеј за него четири златни колца од едната страна, а две колца од другата.\n13 Направи и две ластегарки од багремово дрво и опкови ги со злато.\n14 Потоа провни ги ластегарките низ колцата од страната на Ковчегот, за да биде носен Ковчегот врз нив.\n15 Нека останат ластегарките во колцата на Ковчегот; нека не се извлекуваат.\n16 Сведоштвото што ќе ти го дадам, положи го во Ковчегот.\n17 Очистилиштето направи го исто така од чисто злато. Нека биде долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.\n18 Искови и два херувима од злато за двата краја на Очистилиштето.\n19 Направи еден херувим за едниот крај, а другиот херувим за другиот крај. Прицврсти ги на двата краја на Очистилиштето, да составуваат еден дел со него.\n20 Херувимите нека ги рашират своите крилја во височина така што ќе го засолнуваат со крилјата Очистилиштето. Нека бидат со лицето свртени еден кон друг, ама така да лицата на херувимите гледаат во Очистилиштето.\n21 Очистилиштето стави го на Ковчегот, а во Ковчегот положи ги плочите на Сведоштвото што ќе ти ги дадам.\n22 Тука ќе се состанувам Јас со тебе и одозгора, од над Очистилиштето - меѓу оние два херувима што се на Ковчегот на плочите на Сведоштвото - ќе ти ги соопштувам сите заповеди наменети на Израелците.”\n23 „Направи стол од багремово дрво долг два лакта, широк лакот, а висок лакот ипол.\n24 Опкови го со чисто злато и направи му наоколу завршен појас од злато.\n25 Направи му раб широк една дланка, а потоа врз работ стави завршен појас од злато.\n26 Натаму, исправи ги неговите четири колца од злато па прицврсти му ги на неговите четири ножни агли.\n27 Колцата нека се непосредно под работ, за да служат како рачки за носење на столот.\n28 Направи ги ластегарките од багремово дрво и опкови ги со злато. Столот ќе биде носен на нив.\n29 Потоа направи за него: чинии, варилки, врчви и чаши за излевање на приносите. Направи ги од чисто злато.\n30 На столот секогаш пред Моето лице ставај положени лебови.”\n31 „Направи светилник од чисто злато. Светилникот нека биде искован. Неговото подножје, неговото стебло, неговите чаши, чашки и цветови - сè нека биде од еден дел.\n32 Шест гранки нека му излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот.\n33 На едната гранка нека бидат три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет. Така за сите шест гранки што излегуваат од стеблото на светилникот.\n34 На самиот светилник нека бидат четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет.\n35 Една чашка под двете гранки, создавајќи едно парче со нив; потоа чашка под другите две гранки, од едно парче со нив. Така за сите шест гранки што излегуваат од светилникот.\n36 Нивните чашки и нивните кракови ќе составуваат едно парче со нив - сè исковано во едно парче од чисто злато.\n37 Направи и седум светилки за нив. Светилките нека бидат поставени така што ќе го осветлуваат пространството однапред.\n38 Машичките и пепелниците за нив нека се од чисто злато.\n39 Употреби еден талант чисто злато за светилникот и за сиот негов прибор.\n40 Внимавај! Направи ги според образецот што ти беше покажан на гората.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_25_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 695, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6359", "title": "Втора книга Мојсеева/ 31 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Гледај, Јас го повикав по име Веселеила, Уриевиот син, од Оровото колено, од Јудиното племе.\n3 Го наполнив со Божји Дух, кој му даде умеење, разбирање и способност за секакви работи:\n4 да измислува нацрти за работи од злато, сребро и бронза;\n5 за режење на бесцени камења, за вметнување, за копаничарство во дрво и за секакви работи.\n6 Уште го определив Елијав, Ахисамаховиот син од Дановото племе; ги надарив со вештина сите способни луѓе, за да можат да направат сè што ти наредив:\n7 Шаторот на средбата, Ковчегот на Сведоштвото, врз него Очистилиштето и сиот намештај на Шаторот;\n8 столот и сиот негов прибор, чистиот светилник со сиот негов прибор;\n9 кадилниот жртвеник, жртвеникот за жртви паленици и неговиот прибор, потоа мијалникот и неговото подножје;\n10 облеки за службата, посветените облеки за свештеникот Арон и облеките за неговите синови, за нивната свештеничка служба;\n11 па миро за помазание и благомирислив темјан за Светилиштето. Нека направат сè како што ти наредив.”\n12 Пак Господ му рече на Мојсеја:\n13 „Речи им на Израелците: ‘Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам.\n14 И така, држете ја саботата, зашто е таа света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погубен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ.\n15 Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен.\n16 Затоа Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен завет.\n17 Таа нека е знак, засекогаш, меѓу Мене и Израелците. Па Господ за шест дни ги создаде небото и земјата, а на седмиот ден прекрати да работи и се одмори.’”\n18 Кога Господ го сврши својот разговор со Мојсеја на Синајската Гора, му даде две плочи на Сведоштвото, камени плочи, напишани со Божјиот прст.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_31_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 347, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6322", "title": "Втора книга Мојсеева/ 12 глава", "text": "1 Господ им рече на Мојсеја и Арона во Египетската Земја:\n2 „Овој месец нека ви биде почеток на месеците; нека ви биде прв месец во годината.\n3 Објавете и го ова на целата израелска заедница: ‘На десеттиот ден на овој месец секое семејство нека си набави едно живинче. Така, едно на семејство.\n4 Но ако семејството е премало за да го потроши, тоа нека му се приклучи на својот сосед, на најблиската куќа, според бројот на личностите. Поделете го живинчето според тоа која личност колку може да изеде.\n5 Живинчето нека биде без недостаток, годиначе и машко. Можете да изберете или јагне или јаре.\n6 Чувајте го до четиринаесеттиот ден на овој месец. А тогаш нека целата израелска заедница го заколе кога ќе се спушти примракот.\n7 Нека ја земат крвта и ги попрскаат двата довратници и надвратникот на куќата, во која ќе јадат.\n8 Месото, печено на оган нека биде изедено во истата ноќ, со бесквасен леб и горчливо зелје.\n9 Да не јадете ништо сурово од него ниту сварено во вода, туку испечено на оган: со главата, со нозете и со внатрешноста.\n10 Не смеете ништо да оставите од него за утреден; што и да остане до утрото, треба да го изгорите на оган.\n11 А јадете го вака: со препашана половина, со обувки на нозете и со стап во раката. Јадете го набрзина: тоа е Господова Пасха.\n12 Имено во таа ноќ Јас ќе тргнам низ Египетската Земја и ќе ги погубам сите првороденци во Египетската Земја, и на човекот и на животното. Јас, Господ, ќе ги казнам и сите египетски божества.\n13 Крвта нека ги означува куќите во кои ќе бидете вие. Каде и да забележам крв, ќе поминам покрај вас; така вие ќе го избегнете поморот, кога ќе се нафрлам врз Египетската Земја.’\n14 ‘Тој ден нека ви биде спомен-ден. Славете го како празник во чест на Господа. Празнувајте го како вечен закон од колено до колено.\n15 Седум денови јадете бесквасен леб. Веќе на првиот ден отстранете го квасот од вашите домови. Зашто, кој ќе јаде потквасен леб, од првиот до седмиот ден, ќе биде откорнат од среде Израелците.\n16 На првиот ден држете свет собир, и така и на седмиот ден. Не работете никаква работа во тие денови. Единствено можете да готвите јадење, колку што му е потребно секому.\n17 Пазете го празникот на бесквасниот леб! Имено во тој ден ги изведов вашите чети од Египетската Земја. Пазете го тој ден како празник од поколение до поколение: тоа е вечна наредба.\n18 Од вечерта на четиринаесеттиот ден на првиот месец па сè до вечерта на дваесет и првиот ден на тој месец јадете бесквасен леб.\n19 Седум дена не смее да има квас во вашите домови. Кој ќе јаде што и да е потквасено, тој нека биде отстранет од израелската заедница, било да е странец или домородец.\n20 Ништо потквасено не смеете да јадете: во сите свои живеалишта јадете бесквасен леб.’”\n21 Потоа Мојсеј ги повика сите старешини на Израелците и им рече: „Одете и набавете си јагне за своите семејства и жртвувајте Пасха.\n22 Тогаш земете китка босилек, натопете ја во крвта што е во земјан сад и попрскајте ги со крвта, од земјаниот сад, надвратникот и двата довратници. Нека никој не излегува низ куќната врата до утрото.\n23 Кога Господ ќе поминува да ги погуби Египетците, ќе ја забележи крвта врз надвратникот и врз двата довратници, па ќе ја одмине таа врата и нема да му дозволи на Погубителот да влезе во вашите куќи и да поразува.\n24 Оваа одредба ќе ја пазите во сите времиња како закон за себе и за своите деца.\n25 И кога ќе дојдете во земјата, што Господ ќе ви ја даде како што вети, вршете ја оваа служба.\n26 Кога вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значи таа служба?’\n27 одговорете им: ‘Ова е пасхална жртва во чест на Господа, Кој поминуваше покрај куќите на Израелците, кога ги усмртуваше Египетците, а ги поштедуваше нашите куќи.’” Тогаш народот се поклони длабоко и искажа почитување.\n28 Потоа Израелците отидоа и послушаа: како што Господ им нареди на Мојсеја и Арона така и направија.\n29 На полноќ Господ ги погуби сите првороденци во Египетската Земја: од фараоновиот првороденец, кој требаше да седи на престолот, до првороденецот на пленикот во темницата, а така и сите првородени на добитокот.\n30 Во ноќта стана фараонот, тој и сите негови дворјани и сите Египетци, зашто страшен лелек се разнесе низ Египет: немаше куќа во која не лежеше мртовец.\n31 Фараонот ги повика во ноќта, Мојсеја и Арона па им рече: „Станете и заминете од мојот народ и вие и вашите Израелци! Одете си! Искажете му почитување на Господа, како што баравте.\n32 Заберете го својот ситен и крупен добиток, како што баравте: одете, па благословете ме и мене!”\n33 Египетците го принудуваа народот да замине побргу од земјата, „зашто загинавме сите,” зборуваа тие.\n34 Така народот го зеде со себе уште нескиснатото тесто; ноќвите, завиткани во наметки, ги понесоа врз рамена.\n35 И Израелците направија како што им рече Мојсеј, побараа од Египетците сребрени и златни скапоцености, и облеки.\n36 Господ направи Египетците да му бидат благонаклонети на народот, па даваа. Така ги ограбија Египетците.\n37 Така Израелците тргнаа од Рамзес кон Сокхот. Беа околу шест стотини илјади пешаци, освен жените и децата.\n38 А многу и друг свет тргна со нив, и многу добиток, крупен и ситен.\n39 Испекоа пресни погачи од тестото што го зедоа со себе од Египет: не беше уште стасано. А бидејќи беа терани од Египет, не можеа да одложуваат, и така не си приготвија за себе попатна храна.\n40 Времето што Израелците го поминаа во Египет беше четири стотини и триесет години.\n41 И кога се наполнија четири стотини и триесет години - точно во тој ден - сите Господови чети излегоа од Египетската Земја.\n42 Онаа ноќ што Господ ја бдееше за да ги избави нив од Египет, оттогаш за сите Израелци, во сите нивни поколенија, е ноќ на бдеење во чест на Господа.\n43 Господ им рече на Мојсеја и Арона: „Нека е ова правило за пасхалната жртва: Ниеден странец не смее да јаде од неа!\n44 Секој роб, купен за пари и обрезан, може да ја јаде!\n45 Никој придојденец или наемник да не јаде од неа!\n46 Јадете ја во една иста куќа; не смеете да изнесувате месо од куќата, ниту смеете да и скршите коска на жртвата.\n47 Целата заедница на Израелците да ја пази!\n48 Ако странец, кој престојува меѓу вас, сака да ја празнува Пасхата во чест на Господа, сите негови машки треба да се обрежат. Тогаш му е дозволено да ја слави, зашто е тогаш како и домородецот на земјата. Но необрезаните не смеат да јадат од неа.\n49 Нека важи исто правило и за домородецот и за придојденикот, кој престојува меѓу вас.”\n50 Сите Израелци послушаа: како што Господ им нареди на Мојсеја и Арона, така и направија.\n51 Во тој ист ден Господ ги избави Израелците, во нивните чети, од Египетската Земја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1172, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6354", "title": "Втора книга Мојсеева/ 28 глава", "text": "1 „А потоа доведи го при себе, од меѓу Израелците, твојот брат Арон заедно со неговите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар, за да Ми служат како свештеници.\n2 Направи му на својот брат Арон света облека, за слава и за величественост.\n3 Обрни им се на сите вешти луѓе, кои ги надарив со мудрост, нека му направат облека на Арона, за да се посвети и за да ја врши свештеничката служба во Моја чест.\n4 Нека ја направат следнава облека: врзградник, наплеќник, наметка, кошула обрабена со реси, капа и појас; нека направат света облека за твојот брат Арон и за неговите синови, за да Ми служат како свештеници.\n5 Затоа тие нека примаат злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.\n6 Наплеќникот нека го направат од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен - вешто изработен.\n7 Нека има на него две прерамки, прицврстени за неговите краеви.\n8 Ткаенината што ќе биде на него, нека е направена како и него: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен, а нека составуваат со него едно парче.\n9 Потоа земи два бесценети камења - оникси и врежи ги во нив имињата на Израелевите синови:\n10 шест нивни имиња на еден камен, а другите шест имиња на другиот камен, според нивното раѓање.\n11 Како што копаничарот на скапоцениот камен ги врежува печатите врз прстените, така и ти врежи ги имињата на Израелевите синови. Околу нив навези златен раб,\n12 па прицврсти ги двата бесценети камења за прерамките на наплеќникот, за да бидат спомен скапоцени камења на Израелевите синови. Така, Арон нека ги носи нивните имиња на своите две рамени пред Господа, за да си спомнува за нив.\n13 Направи златни рамки\n14 и две веришки од чисто злато. Направи ги како засукани врвци и тогаш засуканите веришки прицврсти ги за рамките.”\n15 „Изработи го уметнички врзградникот за судење: направи го тоа како и работата на наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.\n16 Нека биде четвртест и двоен: должината нека му е една педа, а и широчината педа.\n17 На него нареди четири редови бесценети камења. Во првиот ред нека бидат: сард, топаз и смарагд;\n18 во вториот ред: антракс, сафир и адамант;\n19 во третиот ред: лигириј, агат и аметист;\n20 а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.\n21 Нека бидат дванаесет тие бесценети камења колку и имињата на Израелевите синови. Нека бидат врежани како и печатите врз прстењата, секој со името на едно од дванаесетте племиња.\n22 Направи за врзградникот веришки од чисто злато, засукани како врвци.\n23 Потоа направи за врзградникот две колца од злато и прицврсти ги за двата горни агла на врзградникот.\n24 Потоа врзи две златни врвци за тие две колца, што ќе бидат прицврстени за аглите на врзградникот.\n25 Другите два краја на врвците врзи ги за двете рамки. Сега прицврсти ги така за прерамките на наплеќникот однапред.\n26 Направи две колца од злато, па прицврсти ги за двата долни агла на врзградникот, покрај работ одвнатре, што е свртен кон наплеќникот.\n27 Направи уште две колца од злато и прицврсти ги за долниот преден крај на прерамките на наплеќникот, покрај неговиот раб врз ткаенината на наплеќникот.\n28 Нека се врзе врзградникот со своите колца со колцата на наплеќникот со сина трака, така што врзградникот да стои над ткаенината и да не може да се одделува од наплеќникот.\n29 Така Арон, кога и да влегува во Светилиштето, нека ги носи на своето срце, имињата на Израелевите синови на врзградникот за пресудување, за да ги повикува секогаш во спомен пред Господа.\n30 Нека бидат ставени во врзградникот за судење „Урим” и „Тумим”, за да бидат и тие на Ароновото срце, кога ќе доаѓа пред Господа. Така Арон нека ја носи секогаш, на своето срце пред Господа, пресудата на Израелевите синови.”\n31 „Наметката за наплеќникот направи ја сета од љубичесто предено.\n32 Отворот за главата на неа нека биде во средина. Работ околу отворот нека биде опточен како околувратникот на оклопот, така, за да не се скине наметката.\n33 На нејзиниот раб сè наоколу направи чипки од љубичесто, црвено и темноцрвено предено, а меѓу нив ѕвончиња од злато наоколу;\n34 златно ѕвонче па калинкин цвет, златно ѕвонче па калинкин цвет, околу наметката покрај работ.\n35 Нека ги носи Арон додека ја врши службата, за да се слуша кога ќе влегува во Светилиштето пред Господа и кога излегува; така нема да умре.”\n36 „Потоа направи една плоча од чисто злато и врежи врз неа, како што се врежува врз печатниот прстен: „Господова Светост.”\n37 Врзи ја на капата со сина врвца, за да стои однапред на капата.\n38 Нека стои на Ароновото чело. Така Арон нека ги преземе врз себе недостатоците, што би могле да ги извалкаат сите свети приноси што Израелците ги посветуваат. Нека стои секогаш на неговото чело, за да придобива за нив Господова благонаклонетост.\n39 Кошулата со реси направи ја од лен, од лен направи ја и капата, а појасот извези го со вез.\n40 И за Ароновите синови направи облеки, појаси и капи, ним за чест и слава!\n41 Облечи ги во нив твојот брат Арон и неговите синови; тогаш помажи ги, посвети ги и освети ги, за да Ми служат како свештеници.\n42 Направи за нив гаќи од лен, за да им го покријат голото тело. Нека стигаат од крстот до дното на бедрата.\n43 Арон и неговите синови нека ги носат кога влегуваат во Шаторот на средбата или кога се приближуваат до жртвеникот за службата во Светилиштето, за да не навлечат врз себе вина и да умрат. Тоа нека биде вечна наредба за него и за неговото потомство по него.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_28_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 953, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6350", "title": "Втора книга Мојсеева/ 26 глава", "text": "1 „Шаторот направи го од десет завеси: од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. На нив нека бидат извезени ликови на херувими - дело на уметник.\n2 Должината на секоја завеса нека е дваесет и осум лакти, широчината нека и е четири лакти. Сите завеси нека се со иста мерка.\n3 Пет завеси нека се составени една со друга, а другите пет завеси пак една со друга.\n4 Направи петелки од љубичеста волна при работ на крајната завеса во составеното парче.\n5 Направи педесет петелки на работ на другата.\n6 Тогаш направи педесет златни куки. Потоа завесите да бидат составени една со друга со куките. Така Шаторот ќе биде една целина.\n7 Направи потоа завеси од козина за Шатор, за Покрив на Шаторот. Направи ги единаесет.\n8 Нека должината на секоја завеса биде триесет лакти, а широчината на секоја завеса четири лакти. Тие единаесет завеси нека бидат со иста мерка.\n9 Состави пет завеси одделно, а тогаш пак другите шест завеси одделно. Шестата завеса свиткај ја во две на предниот дел на Шаторот.\n10 Сошиј педесет петелки на работ на едното составено парче на завесата, а педесет куки на работ на другото.\n11 Изработи педесет куки од бронза, закачи ги куките во петелките, за да го составиш Покривот во целина.\n12 А бидејќи од завесите на Шаторот ќе остане вишок, половина од завесите што се вишок нека се спушта на задниот дел на Шаторот.\n13 Од она што е отповеќе во должината на шаторските завеси, нека виси по еден лакот од двете страни на светиот Шатор, за да го покрива.\n14 Најпосле направи му на Шаторот покрив од приготвени и со црвено обоени овновски кожи, а врз него покрив од убави кожи.\n15 Даските за Шаторот, што ќе стојат исправени нагоре, направи ги од багремово дрво.\n16 Секоја даска нека биде долга десет лакти, а широка лакот ипол.\n17 Секоја даска нека има два клина, за да ја држат исправена. Така направи на секоја даска за Шаторот.\n18 Даските за Шаторот постави ги: дваесет даски на југ, кон пладне;\n19 тогаш под дваесетте даски направи четириесет подножја од сребро, две подножја под првата даска за нејзините два клина, и така редум, две подножја за два клина на секоја идна даска.\n20 За другата страна на Шаторот, на север: дваесет даски\n21 и четириесет сребрени подножја, две подножја за два клина на првата даска, и така редум, две подножја за секоја даска.\n22 На задната страна на Шаторот на запад, постави шест даски.\n23 Направи и даски за задните агли на Шаторот.\n24 Нека бидат разделени при дното, ама на врвот кај првото колце нека бидат составени. Нека така двете прават два агли.\n25 И така нека бидат осум даски со нивните сребрени подножја: шеснаесет подножја, две подножја под првата даска, а пак две подножја под секоја следна даска.\n26 Натаму направи лостови од багремово дрво: пет од нив за даските од едната страна на Шаторот,\n27 а пет лостови од другата страна на Шаторот; тогаш пет лостови за даските на Шаторот од одназад, кон запад.\n28 Средниот лост нека врви по средината на даските од едниот крај до другиот.\n29 Даските да ги опковеш во злато, а и колцата за нив, низ кои ќе се провлечуваат лостовите, направи ги од злато.\n30 Значи така, издигни го Шаторот според нацртот што ти беше покажан на гората.\n31 Направи завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. Нека се навезени херувими врз неа.\n32 Обеси ја на четири столба од багремово дрво, обложено со злато, со куки од злато, а врз четири подножја од сребро.\n33 Обеси ја завесата на куките. Тогаш внеси го Ковчегот на сведоштвото тука зад завесата. Така завесата нека ти го одделува Светилиштето од Светилиштето над Светилиштата.\n34 Стави го Шаторот над Ковчегот на сведоштвото во Светината над светините.\n35 Потоа стави го столот надвор од пред завесата, а светилникот на јужната страна на Шаторот, спроти столот. Стави го столот на северната страна.\n36 А на влезот во Шаторот направи завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен - везана со вез.\n37 Изделкај пет столпчиња од багремово дрво за завесата, па опкови ги со злато. Куките за нив нека бидат од злато. Одлеј за нив пет подножја од бронза.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_26_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 714, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6355", "title": "Втора книга Мојсеева/ 29 глава", "text": "1 „Ова е обредот што ќе го извршиш врз нив, за да ги посветиш за Мои свештеници: земи еден јунец и два овна без недостатоци;\n2 потоа пресен леб, пресни колачиња замесени во масло и бесквасни кори намачкани со масло. Направи ги од чисто пченично брашно.\n3 Нареди ги во кошница и принеси ги во кошницата со јунецот и двата овна.”\n4 Доведи ги Арона и неговите синови до влезот во Шаторот на средбата и измиј ги во вода.\n5 Потоа земи ја облеката и облечи го Арона во кошула; стави ги врз неа наметката на наплеќникот, наплеќникот и врзградникот и препаши го преку ефодот.\n6 Сложи му ја капата на главата; на капата сложи го светиот венец.\n7 Потоа земи масло за помазание; излеј го врз неговата глава и помажи го.\n8 Тогаш доведи ги неговите синови; облечи ги во кошулите,\n9 препаши ги со појасите Арона и неговите синови и завиткај им ги капите. Свештенството нека им припаѓа според вечна одредба. Така посвети ги Арона и неговите синови!”\n10 „Потоа доведи јунец пред Шаторот на средбата, па Арон и неговите синови нека положат раце врз главата на јунецот.\n11 Тогаш пред Господа, на влезот во Шаторот на средбата, заколи го јунецот.\n12 Земи ја крвта на јунецот и со твојот прст намачкај ги роговите на жртвеникот. Остатокот од крвта истури ја во подножјето на жртвеникот.\n13 Земи го сето мрсно околу дробот, мрежичката на црниот дроб и двата бубрега со мрсното околу нив, па изгори ги на жртвеникот.\n14 Месото од јунецот, неговата кожа и неговата нечистотија изгори ги во оган надвор од логорот. Тоа е жртва покајница за грев.”\n15 „Потоа земи еден овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце врз неговата глава.\n16 И заколи го овенот, собери му ја крвта и попрскај го со неа жртвеникот од сите страни.\n17 Потоа насечи го овенот на делови, измиј му ја внатрешноста и нозете и положи ги врз неговите други делови и врз главата.\n18 И тогаш изгори го целиот овен на жртвеникот. Тоа е жртва паленица во чест на Господа, пријатен мирис, огнена жртва.”\n19 „Тогаш земи го вториот овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце на главата на овенот.\n20 Сега заколи го овенот; собери му ја крвта и намачкај ги: месестиот дел на десното Ароново уво, месестиот дел на увото на неговите синови, палецот на нивната десна рака па палецот на нивната десна нога. Со остатокот од крвта плисни го жртвеникот наоколу.\n21 Потоа земи ја крвта што остана на жртвеникот и маслото за помазание и попрскај ги Арона и неговата облека, и неговите синови и нивните облеки. Така ќе бидат посветени тој и неговата облека, неговите синови и нивните облеки.”\n22 „Потоа земи еден овен со лој, со мрсна опашка, со лој околу дробот, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и мрсното околу нив; десната плешка - зашто е тоа овен принесен за свештеничко посветување -\n23 потоа еден тркалест леб, еден колак со масло и една кора од кошницата на бесквасниот леб што е пред Господа.\n24 Сето тоа сложи им го на рацете на Арона и на неговите синови и принеси жртва вртена пред Господа.\n25 Тогаш земи ги од нивните раце и изгори ги на жртвеникот, над жртвата паленица, за пријатен мирис пред Господа. Тоа е палена жртва во чест на Господа.\n26 Потоа земи ги градите на овенот принесен за Ароновото посветување и принеси ги како жртва вртена пред Господа. Тоа нека биде твој дел.\n27 Посвети ги градите што беа принесени како вртена жртва и плешките што беа принесени како поткрената жртва од овенот принесен за посветување на Арона и на неговите синови.\n28 Тоа нека им биде награда на Арона и на неговите синови од Израелците за сите времиња. Па тоа е наемот што Израелците ќе го даваат од своите помирителни жртви - наем што Му припаѓа на Господа.\n29 Ароновите посветени облеки нека им припаднат на неговите синови по него, за да бидат во нив помазани и посветени.\n30 Синот кој ќе стане свештеник место него, кога ќе влезе во Шаторот на средбата за да врши служба во Светилиштето, нека ги носи седум денови.”\n31 „Потоа земи го овенот за посветување и свари го неговото месо на посветено место.\n32 Арон и неговите синови нека го јадат месото од тој овен и леб од кошницата на влезот во Шаторот на средбата.\n33 Нека јадат од она што служи за нивно покривање на гревот, за да бидат посветени и свети. Ниту еден туѓинец нека не јаде од тоа, зашто е посветено.\n34 Ако остане нешто од месото за свештеничко посветување или нешто од оној леб до наутро, изгори го на оган. Не смее да се изеде, зашто е посветено.”\n35 „Направи им токму така на Арона и на неговите синови, како што ти наредив. Посветувај ги седум денови.\n36 Секој ден принесувај по еден јунец како жртва покајница - за помирување. И принеси жртва покајница за помирување на олтарот, потоа помажи го, за да биде посветен.\n37 Седум денови принесувај жртва помирница за жртвеникот и посветувај го. Така жртвеникот ќе стане пресвет, и сè што ќе се допре до жртвеникот ќе биде посветено.”\n38 „А ова треба да го принесуваш на жртвеникот: две јагниња, годиначиња, секој ден без прекин.\n39 Жртвувај едно јагне наутро, а другото жртвувај го навечер.\n40 Принеси со првото јагне десетина од ефа бело брашно замесено со четвртина ин првоточно истолчено масло, и жртва изливница од четвртина ин вино.\n41 Другото јагне принеси го во примрак. Со него принеси жртва приносница со неговата жртва излевница како и наутро - за пријатен мирис, жртва палена во чест на Господа.\n42 Тоа нека биде трајна жртва паленица од поколение до поколение - при влезот во Шаторот на средбата, пред Господа. Таму Јас ќе се среќавам со тебе за да ти зборувам.\n43 Ќе се состанувам тука и со Израелците, и Мојата слава ќе ги посветува.\n44 Јас ќе ги посветам Шаторот на средбата и жртвеникот; ќе ги посветам Арона и неговите синови, за да ми служат како свештеници.\n45 Јас ќе престојувам меѓу Израелците и ќе им бидам нивни Бог.\n46 Тогаш тие ќе познаат дека тоа Сум Јас, Господ нивниот Бог, Кој ги избави од Египетската Земја, за да пребивам среде нив - Јас, Господ, нивниот Бог.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_29_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1049, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6357", "title": "Втора книга Мојсеева/ 30 глава", "text": "1 „Направи и жртвеник за палење на темјан; направи го од багремово дрво.\n2 Нека биде долг лакот, широк лакот, четвртест, и висок два лакта. Рожињата нека му бидат од едно парче со него.\n3 Да ги опковеш со чисто злато: неговата горна рамнина, неговите страни наоколу и неговите рожиња. Направи му завршен појас наоколу.\n4 Направи му и две златни колца. Прицврсти му ги на двете спротивни страни под завршниот појас. Низ нив ќе се провнуваат ластегарките за носење.\n5 Ластегарките направи ги од багремово дрво и опкови ги со злато.\n6 Постави го жртвеникот пред завесата што го засолнува Ковчегот на Сведоштвото - спроти Очистилиштето (Капак) над Сведоштвото - каде што Јас ќе се среќавам со тебе.\n7 Арон нека кади врз него со благомирислив темјан секое утро кога ги подготвува светилките:\n8 Арон нека кади пак во примрак, кога ги запалува светилките, за да биде тоа секогашно кадилно принесување пред Господа во сите ваши поколенија.\n9 Не принесувај врз него ни непосветен темјан, ни паленици, ни приносници, ниту излевници!\n10 Еднаш годишно Арон нека го изврши обредот на помирување на неговите рожиња. Обредот за помирување на жртвеникот нека го изврши со крвта на жртвата што се принесува за грев, еднаш годишно. Така правете во сите поколенија. Зашто жртвеникот е пресвета светина на Господа.”\n11 Натаму Господ му рече на Мојсеја:\n12 „Кога ќе правиш попис на Израелците, при утврдувањето на нивниот вкупен број, нека секој Му даде на Господа откуп за себе, кога ќе се запише, за да не ги снајде некакво зло заради пребројувањето.\n13 Секој што потпаѓа под пребројувањето, нека даде: половина сикал - според храмскиот сикал, што има дваесет гери во сикал. Таа половина сикал нека биде како принос на Господа.\n14 Секој што потпаѓа под пребројувањето, од дваесет години возраст па нагоре, нека Му даде принос на Господа.\n15 Богатиот нека не плаќа повеќе ниту сиромавиот помалку од половина сикал, кога ќе Му даваат принос на Господа како откуп за себе.\n16 Земај откупни сребреници од Израелците и употребувај ги за служба во Шаторот на средбата. Тоа нека Му биде за спомен на Господа, за да си спомнува за Израелците и за откуп на вашите души.”\n17 Господ му рече на Мојсеја:\n18 „Направи мијалник од бронза и подножје од бронза за миење. Постави го меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот. Тури вода во него,\n19 па Арон и неговите синови нека ги мијат своите раце и нозе со водата од него.\n20 Кога треба да влегуваат во Шаторот на средбата, или кога треба да се приближуваат до жртвеникот за служба, за да изгоруваат жртви паленици во чест на Господа, нека се измијат со вода, за да не загинат.\n21 Нека ги измијат своите раце и своите нозе, за да ја избегнат смртта: тоа е траен правилник за него и за неговите потомци во сите поколенија.”\n22 Уште му рече Господ на Мојсеја:\n23 „Набави најубави мириси: пет стотини сикали најчиста смирна, половина од таа тежина - двеста и педесет - мирислив цимет, двеста и педесет мирислива трска,\n24 пет стотини - според храмскиот сикал - ловор и еден ин маслиново масло.\n25 Направи од тоа посветено масло за помазание; маст приготвена според искуството на мироварач. Тоа нека биде миро за помазание.\n26 Потоа помажи го со тоа: Шаторот на средбата и Ковчегот на Сведоштвото,\n27 столот и сиот негов прибор; светилникот и сиот негов прибор, и кадилниот жртвеник;\n28 жртвеникот за жртви паленици и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка:\n29 посвети ги, и тие така ќе станат посветени, и што и да се допре до нив, ќе стане посветено.\n30 Помажи ги Арона и неговите синови и посвети Ми ги Мене за свештеници.\n31 Тогаш речи им на Израелците вака: ‘Ова е Мое свето миро за помазание од поколение до поколение.\n32 Не смее да се излева врз телото на обичниот човек; не смеете да правите друго со ваков состав! Тоа е посветено, и нека ви биде свето!\n33 Кој направи такво, или кој ќе стави од него врз туѓинец, нека биде отстранет од својот народ!’”\n34 Уште му рече Господ на Мојсеја: „Набави мириси: стакта, оникс и халван. Од овие мириси и од чист темјан,\n35 сè во еднакви делови, направи темјан за кадење, смеса од мириси каква што прави мирисоправачот, измиена, чиста, света.\n36 Од тоа столчи малку на ситно во прав и еден дел стави пред Сведоштвото, во Шаторот на средбата, каде што Јас ќе се среќавам со тебе. Сметајте го овој темјан за пресвет!\n37 А темјанот што ќе го направиш според овој состав, не смеете да го правите за своја употреба. Тоа нека ти биде светина за Господа!\n38 Кој ќе си направи нешто такво за да му мириса, нека биде истребен од својот народ.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_30_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 788, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6363", "title": "Втора книга Мојсеева/ 33 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја: „Оди! Патувај оттука, ти и народот што го изведе од Египетската Земја, во земјата за која им се заколнав на Авраама, Исака и Јакова дека ќе им ја дадам на нивните потомци.\n2 Ќе испратам ангел пред тебе; ќе ги истерам Ханаанците, Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.\n3 Отидете во земјата во која течат млеко и мед. Јас нема да тргнам со вас - зашто сте народ со корав врат - за да не ве истребам патем.”\n4 Кога народот ги чу овие остри зборови, почна да тагува. И никој веќе не го стави својот накит врз себе.\n5 Зашто Господ му рече на Мојсеја: „Кажи им на Израелците: ‘Вие сте народ со корав врат. Кога Јас би идел со вас само еден час, би ве уништил. Затоа симнете го својот накит, а Јас ќе видам што ќе сторам со вас.’”\n6 Така од планината Хорив Израелците беа без накит.\n7 Мојсеј го зеде Шаторот и го оптегна надвор од логорот, далеку од логорот. И го нарече Шатор на средбата. Секој кој сакаше да Му се обрати на Господа, излегуваше при Шаторот на средбата, што се наоѓаше надвор од логорот.\n8 Кога и да тргнеше Мојсеј кон Шаторот, целиот народ стануваше; секој стоеше при влезот во својот шатор и гледаше по Мојсеја додека влезеше во Шаторот.\n9 А кога Мојсеј ќе влезеше во Шаторот, облачниот столб се спушташе и остануваше на влезот на Шаторот, додека Господ разговараше со Мојсеја.\n10 Гледајќи го облачниот столб како стои до влезот на Шаторот, целиот народ стануваше и секој се поклонуваше длабоко при вратата на својот шатор.\n11 Така Господ разговараше со Мојсеја лице во лице, како што човек разговара со пријателот. Потоа Мојсеј се враќаше во логорот, ама неговиот помошник Исус, синот Навинов, младец, не се помрднуваше од Шаторот.\n12 Мојсеј се обрна кон Господа: „Гледај, Ти ми рече: ‘Поведи го овој народ,’ ама не ми јави кого ќе испратиш со мене. Уште ми рече: ‘Те знам по име и ти ја уживаш мојата благонаклонетост.’\n13 Затоа, ако ја уживам Твојата благонаклонетост, покажи ми ги Своите патишта, за да Те сфатам и за да ја уживам и натаму Твојата благонаклоност. Исто така, помисли дека овие луѓе се Твој народ.”\n14 „Јас лично ќе тргнам со тебе - одговори Господ - и ќе ти обезбедам одмор.”\n15 „Ако не тргнеш Ти - додаде Мојсеј - и не изведувај нè оттука.\n16 Па како ќе се знае дека ја уживаме Твојата наклоност, јас и Твојот народ? По тоа што идеш со нас. Само со тоа ќе се разликуваме јас и Твојот народ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.”\n17 „И ова што го побара, ќе направам - му одговори Господ на Мојсеја. - Па ти ја уживаш Мојата благонаклоност, зашто те познавам по име.”\n18 „Покажи ми ја Својата слава,” замоли Мојсеј.\n19 „Ќе дозволам пред тебе да помине сиот Мој болскот - одговори - и пред тебе ќе го изустам Своето име Господ. Ќе бидам милостив кому што сакам да бидам милостив; ќе му се смилувам кому што сакам да му се смилувам.\n20 А ти - додаде - не можеш да го видиш Моето лице, зашто човек не може да Ме види Мене и да остане жив.\n21 Еве место тука покрај Мене - продолжи Господ. Застани на карпата!\n22 Додека поминува Мојата слава, ќе те ставам во пукнатината на карпата и ќе те заштитам со Својата рака додека не поминам.\n23 Тогаш ќе ја помрднам Својата рака, па ќе Ме видиш од плеќи. Но Моето лице не може да се види.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_33_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 591, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6360", "title": "Втора книга Мојсеева/ 32 глава", "text": "1 А народот, гледајќи дека Мојсеј не слегува долго од гората, се собра околу Арона и му рече: „Стани! Направи ни бог, па нека оди тој пред нас! Не знаеме што се случи со тој човек Мојсеј, кој нè изведе од Египетската Земја.”\n2 „Извадете ги златните обетки што висат на ушите на вашите жени, вашите синови и вашите ќерки - им одговори Арон - па донесете ми ги мене.”\n3 Сиот народ ги симна златните обетки, што ги имаше на ушите и му ги донесоа на Арона.\n4 Откако го прими златото од нивните раце, го растопи во калапи и направи леано теле. А тие извикаа: „Ова е твојот бог Израеле, кој те изведе од Египетската Земја.”\n5 Откако го виде тоа, Арон изгради жртвеник пред него, а потоа најави: „Утре нека биде приредена свеченост во чест на Господа!”\n6 Рано наутро станаа и принесоа жртви паленици и донесоа помирителни жртви. Тогаш народот седна да јаде и да пие. Потоа станаа за да играат.\n7 „Побрзај долу! - му проговори Господ на Мојсеја. - Твојот народ, што го изведе од Египетската Земја, тргна наопаку.\n8 Бргу се отстранија од патот што им го одредив. Си направија теле од излеан метал; паднаа ничкум пред него и му принесоа жртви, викајќи: ‘Ова е твојот бог, Израеле, кој те изведе од Египетската Земја!’\n9 Гледам добро - му рече натаму Господ на Мојсеја - дека овој народ е со корав врат.\n10 Сега пушти да се распали Мојот гнев на нив за да ги истребам. Тогаш од тебе ќе развијам голем народ.”\n11 Мојсеј пак Му се помоли на Господа, својот Бог, и велеше: „О Господи! Зошто да пламнеш со гнев на Својот народ, што го избави од Египетската Земја со голема сила и со цврста рака!\n12 Зошто треба да речат Египетците: ‘Со зла намера ги одведе, за да ги погуби во планините и да ги избрише од лицето на земјата!’ Смири ги Својот гнев и лутината; откажи се од злото за Својот народ!\n13 Спомни си за Авраама, Исака и Израела, за своите слуги, на кои им се заколна Сам во Себе си и им вети: ‘Ќе го размножам вашето потомство како ѕвездите на небото и сета оваа земја што ја ветив ќе му ја дадам на вашето потомство, и таа ќе биде нивно наследство засекогаш.’”\n14 И Господ се одрече да навали на Својот народ несреќа, со која му се закани.\n15 Мојсеј се заврте и слезе од гората. Во рацете му беа двете плочи на Сведоштвото, плочи напишани на двете свои рамнини; напишани и од едната и од другата страна;\n16 Плочите беа Божјо дело; писмото беше Божјо писмо врежано на плочите.\n17 А Исус ја чу викотницата на народот што викаше, па му рече на Мојсеја: „Бојна викотница во логорот!”\n18 Мојсеј му одговори: „Ниту викаат победници, Ниту тажат победените: Но јас слушам само песна.”\n19 Штом се приближи до логорот па го забележа телето и како играат, Мојсеј се разгневи. Ги фрли од рацете плочите и ги скрши во подножјето на планината.\n20 Го грабна телето, што го беа направиле, го изгоре во оган и иситни во прав. Тогаш го расфрла правот по водата и ги натера Израелците да ја пијат.\n21 „Што ти направи овој народ - му рече Мојсеј на Арона - па им навлече толку голем грев?”\n22 „Нека не се распалува со гнев мојот господар - одговори Арон. Самиот знаеш добро дека овој народ е наклонет кон злото.\n23 Ми рекоа: ‘Направи ни бог, па нека оди пред нас! Не знаеме што се случи со тој човек Мојсеј, кој нè избави од Египетската Земја.’\n24 Тогаш јас им реков: ‘Кој има злато, нека го симне!’ Така ми го дадоа, а јас го фрлив во оган, па излезе ова теле.”\n25 Кога Мојсеј виде дека народот стана разуздан - па Арон ги пушти да паднат во идолопоклонство меѓу своите непријатели -\n26 застана при вратата на логорот и извика: „Кој е за Господа, при мене!” Сите Левиеви синови се собраа околу него.\n27 Тој им рече: „Господ, Бог на Израел, зборува вака: ‘Нека секој го припаше мечот до бедрото и нека тргне низ логорот од врата до врата, па некој нека го убие брата си, некој својот пријател, некој својот сосед.’”\n28 Левиевите синови го извршија Мојсеевиот налог, и во тој ден паднаа околу три илјади луѓе од народот.\n29 „Денес му се посветивте на служба на Господа - рече Мојсеј - некој по цена на својот син, некој по цена на својот брат, така што денес ви дава благослов.”\n30 Утреден Мојсеј му рече на народот: „Тежок грев сторивте. Сепак ќе се искачам при Господа. Можеби ќе добијам прошка за вашиот грев.”\n31 Мојсеј се врати при Господа па рече: „Леле! Оној народ стори тежок грев, правејќи си бог од злато.\n32 Сепак прости им го гревот. Ако не сакаш, тогаш избриши ме и мене од Својата книга, која ја напиша.”\n33 Тогаш Господ му одговори на Мојсеја: „Оној кој згрешил против Мене, ќе го избришам од Мојата книга.\n34 Туку, сега оди! Поведи го народот каде што ти реков. Мојот ангел ќе врви пред тебе. Но во денот кога ќе ги посетам, ќе ги казнам заради нивниот грев.”\n35 Господ удри со помор на народот заради телето што им го направи Арон.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_32_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 873, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6365", "title": "Втора книга Мојсеева/ 34 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја: „Изделкај две камени плочи како и поранешните, па Јас ќе ги напишам на плочите зборовите што беа на првите плочи, кои ги скрши.\n2 Биди готов до утре. Тогаш, наутро, искачи се на гората Синај, и таму, на врвот на гората, ќе стапиш пред Мене.\n3 Никој друг нека не се качува со тебе; никој нека не се покаже никаде на гората. Ни овците, ниту говедата нека не пасат во подножјето на гората.”\n4 Мојсеј изделка две камени плочи како и поранешните; рано наутро стана и се искачи на Синајската Гора, откако ги зеде во рацете двете камени плочи, како што му нареди Господ.\n5 Господ слезе во облак, а тој застана пред Него и Го повика Името: „Јахве-Господ!”\n6 Господ помина пред него па се јави: „Јахве! Господ! Бог дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински,\n7 искажува милост на илјадници, проштава опакост, грев и престап, но не остава неказнет виновник, туку ја казнува опакоста на татковците врз децата - и на внучињата до третото и четвртото поколение.”\n8 Мојсеј веднаш падна на земја и се поклони.\n9 Тогаш рече: „Господи мој! Ако придобив благонаклоност во Твоите очи, тогаш, о Господи, дојди со нас! Иако е народот со корав врат, прости ни ги нашите гревови и нашите опакости и прими нè за Свое наследство!”\n10 „Добро - одговори - склучувам Завет. Пред сите твои луѓе ќе направам чудеса какви не се збиднуваат ниту во една земја, ниту во еден народ. Целиот народ, кој те опкружува, ќе види што може Господ, зашто она што ќе направам со тебе, ќе биде страшно.”\n11 ”И така, извршувај што ти наложувам денес! Ете, ќе ги протерам пред тебе Аморејците, Ханаанците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.\n12 Внимавај да не склучиш завет со жителите на земјата во која одиш; за да не бидат стапица во твојата средина.\n13 Туку, разурнете ги нивните жртвеници, соборете ги нивните столбови, исечете им ги ашерите!\n14 Зашто не смееш да се клањаш на друг бог. Па Господ - името Му е Ревнител - Бог е ревнив.\n15 Не прави завет со жителите на онаа земја, за да не те повикаат тие, кога ќе блудствуваат со своите богови и кога ќе им принесуваат жртви, а ти се согласиш да јадеш од принесената жртва;\n16 за да не ги земаш нивните девици за жени на своите синови, па тие да не ги поведат по себе и твоите синови, кога ќе блудствуваат со своите богови.”\n17 „Не прави си леани богови!”\n18 „Пази го празникот Бесквасни лебови - јадејќи пресен леб седум денови, како што ти наредив - во одреденото време во месецот Авив, зашто во месецот Авив излезе од Египет.\n19 Секое првороденче на мајчиното крило Ми припаѓа Мене: секое машко, секое првородено на твојот ситен и крупен добиток.\n20 Првороденото на ослицата откупи го со едно грло од ситниот добиток. Ако не го откупиш, треба да му го свиткаш вратот. А сите првороденци на своите синови откупувај ги. Никој да не стапува пред Мене со празни раце.”\n21 „Шест дена работи, а на седмиот откажи се од работите, сеедно ако е и во доба на орање или во време на жетва.\n22 Празнувај го празникот Седмици - на првите плодови на пченичната жетва - и празникот Берба на крајот на годината.\n23 Трипати годишно сите машки нека се појават пред Господа Јахве, Израелевиот Бог.\n24 Зашто ќе ги протерам народите пред тебе и ќе ги проширам твоите меѓи, па никој не ќе ја посака твојата земја кога трипати годишно ќе излегуваш да се покажеш пред Господа, твојот Бог.”\n25 „Од жртвата што ми ја имаш наменето не принесувај крв со ништо потквасено; ниту ја оставај жртвата принесена на Пасха да преноќева до утре.\n26 Во домот на Господа, својот Бог, донесувај ги најдобрите плодови на својата земја. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.”\n27 „Запиши ги овие зборови - му рече Господ на Мојсеја - зашто тие се основи врз кои склучив Завет со тебе и со Израел.”\n28 Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. Тогаш ги напиша врз плочите зборовите на Заветот - Десетте заповеди.\n29 Најпосле Мојсеј слезе од Синајската Гора. Слегувајќи од гората ги носеше во рацете плочите на Сведоштвото. Не знаеше дека од неговото лице, заради разговорот со Господа, блескаше светлина.\n30 Кога Арон и сите Израелци видоа дека од Мојсеевото лице блеска светлина, не се осмелија да пристапат кон него.\n31 Тогаш Мојсеј ги повика. Арон и сите старешини на заедницата дојдоа при него. И Мојсеј разговараше со нив.\n32 Потоа и сите Израелци дојдоа при него, па тој им соопшти сè што му наложи Господ на Синајската Гора.\n33 Кога Мојсеј го заврши разговорот со нив, спушти превез преку своето лице.\n34 Кога влегуваше Мојсеј пред Господа, за да разговара со Него, го симнуваше превезот додека не излезеше пак. Кога излегуваше да им каже на Израелците што му е наредено,\n35 Израелците гледаа како од Мојсеевото лице блеска светлина. Тогаш Мојсеј го навлекуваше пак превезот преку лицето додека не влезеше да говори со Господа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_34_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 846, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6371", "title": "Втора книга Мојсеева/ 37 глава", "text": "1 Веселеил направи Ковчег од багремово дрво, долг два ипол лакти, широк лакот ипол, а висок лакот ипол.\n2 Одвнатре и однадвор го опкова со чисто злато. Наоколу му направи златен завршен појас.\n3 И му одлеа четири колца на неговите четири агли: две колца од едната страна, а две колца на неговата друга страна.\n4 Направи и ластегарки од багремово дрво и ги опкова со злато;\n5 потоа ги провлече ластегарките низ колцата на Ковчегот од страна, за носење на Ковчегот.\n6 Потоа направи Очистилиште од чисто злато, долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.\n7 Направи и два херувима од ковано злато, на двата краја на Очистилиштето:\n8 еден херувим на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај. Херувимите на двата краја ги направи од еден дел со Очистилиштето.\n9 Херувимите имаа издигнати и раширени крилја, го засолнуваа со нив Очистилиштето. Беа свртени со лицето еден кон друг, така што нивните лица им гледаа во Очистилиштето.\n10 Направи стол од багремово дрво, долг два лакти, широк еден лакот, а висок лакот ипол.\n11 Го опкова со чисто злато и му направи раб од злато наоколу, завршен појас.\n12 И му направи раб наоколу, широк една дланка. А за работ наоколу направи завршен златен појас.\n13 Му излеа четири златни колца. Потоа ги прицврсти колцата за четирите негови ножни агли.\n14 Колцата беа непосредно под работ, како рачки за ластегарките, за да може столот да се носи.\n15 Ластегарките за носење на столот ги направи од багремово дрво и ги опкова со злато.\n16 А приборот што беше држан на столот - неговите чинии, кадилници, врчви и чаши за излевање на приносот - ги направи од чисто злато.\n17 Направи и светилник од чисто злато. Го искова светилникот - неговото подножје и стеблото. Неговите чаши - чашки и цветови - беа од еден дел со нив.\n18 Шест гранки излегуваа од неговите страни: три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки на светилникот од другата страна.\n19 На едната гранка беа три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со својата чашка и цвет. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.\n20 На самиот светилник имаше четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет:\n21 чашка, во еден дел со него, под првите две гранки; па конечно чашка, во еден дел со него, под двете задни гранки. Така на сите шест гранки што излегуваа од него.\n22 Нивните чашки и нивните петелки беа во еден дел со него; сè тоа од чисто ковано злато.\n23 А од чисто злато му направи и седум светилки, штипки и пепелници.\n24 Светилникот и целиот негов прибор ги направи од еден талант чисто злато.\n25 Кадилниот жртвеник го направи од багремово дрво, долг еден лакот, широк лакот - четвртест - а висок два лакта. Неговите рожиња беа во еден дел со него.\n26 Ги опкова со чисто злато одозгора, страните наоколу и неговите рожиња. Му направи завршен венец наоколу од злато.\n27 На него направи и две златни колца на спротивните страни, под завршниот венец, да им служат на ластегарките за рачки, кога се носи на нив.\n28 Ги направи ластегарките од багремово дрво па ги опкова со злато.\n29 Тогаш приготви посветено масло за помазание и за чисто мирисливо кадење, онака како што ги прави мироварецот.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_37_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 553, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6367", "title": "Втора книга Мојсеева/ 35 глава", "text": "1 Мојсеј ја свика целата заедница на Израелевите синови па им рече: „Господ ви наложи да го правите ова:\n2 Работата нека се извршува шест дена. Седмиот ден нека ви биде свет ден, ден за целосна починка во чест на Господа. Секој што ќе работи во тој ден, нека биде казнет со смрт.\n3 Во саботен ден не палете ни оган во своето престојувалиште.”\n4 Натаму Мојсеј и рече на целата израелска заедница: „Господ го нареди ова:\n5 Соберете меѓу себе принос за Господа! Секој со племенито срце нека Му донесе принос на Господа: злато, сребро и бронза;\n6 љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;\n7 направени овенски кожи, потоа јазовечки кожи, багремово дрво,\n8 масло за осветление, мириси за масло за помазание и благомирислив темјан;\n9 оникс и други бесцени камења за вметнување во наплеќникот и врзградникот.\n10 А сите кои се вешти меѓу вас, нека дојдат да прават што нареди Господ:\n11 Шаторот, неговиот покрив, и неговиот горен покрив, неговите куки и даски, неговите лостови и столпчиња; неговите подножја;\n12 неговиот Ковчег и ластегарките; Очистилиштето, па завесата за засолнување;\n13 столот со неговите ластегарки и со сите негови прибори; принесените лебови;\n14 светилник за осветлување, неговиот прибор и неговите светилки, потоа масло за осветление;\n15 кадилниот жртвеник и неговите ластегарки; миро и благомирислив темјан; завесата за влезот во Шаторот;\n16 жртвеник за жртвите паленици со неговата решетка од бронза; ластегарките за него и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка;\n17 завесите за дворот; столбовите и нивните подножја, па завесата при влезот во дворот;\n18 колчињата за Шаторот и колчињата за дворот со нивните врвци;\n19 свеченото руво за вршење служба во Светилиштето - посветената облека за свештеникот Арон и облеките за свештеничка служба на неговите синови.”\n20 Тогаш целата израелска заедница се повлече од пред Мојсеја.\n21 А тогаш секој, кого срцето го влечеше и душата го поттикнуваше, дојде носејќи го својот принос во чест на Господа за градба на Шаторот на средбата, за секоја служба во него и за посветените облеки.\n22 Се стрчаа мажите и жените: сите кои срцето ги влечеше донесоа: запнувачки, обетки, прстења, нараквици, огрлици и разновидни златни накити; сите што имаа заветувано некаква златна работа во чест на Господа.\n23 Сите кај кои се најдоа љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен, направени овновски кожи или јазовечки кожи, го донесоа своето.\n24 Натаму, секој што можеше да даде некаков дар во сребро или во бронза, го донесе тоа како принос во чест на Господа. Секој кај кого се најде багремово дрво за употреба во која и да е работа, го донесе.\n25 Сите жени кои беа вешти предеа со своите раце и го донесуваа тоа што го испредоа: љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен.\n26 Сите жени пак, кои ги поттикнуваше нивното срце заради нивната вештина, предеа козина.\n27 Главатарите донесуваа оникс и други бесцени камења за вметнување во плеќникот и врзградникот;\n28 па мириси и масло за осветление, миро за помазание и благомирислив темјан.\n29 И така Израелците - сите мажи и сите жени, кои ги поттикнуваше срцето да придонесат што и да е за работата што Господ ја нареди преку Мојсеја да биде извршена - го донесоа тоа како доброволен принос во чест на Господа.\n30 Потоа Мојсеј им рече на Израелците: „Гледате! Господ го назначи по име Веселеила, Уриевиот син, од Оровото колено, а од Јудиното племе.\n31 Го исполни него со Божји Дух, мудрост, му даде разум и секаква вештина:\n32 да замислува нацрти и да извршува работи од злато, сребро и бронза;\n33 да реже бесцени камења за вметнување; да копаничи во дрво и да ја работи искусно својата работа.\n34 Нему и на Елијав, Ахисамаховиот син, од Дановото племе, им додели и способност да ги поучуваат другите.\n35 Ги надари со умеење во секоја работа: копаничарска, шивачка, везачка и ткаачка; тие ткаеја ткаенини од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен, способни сè во секоја работа и вешти во уметнички изработки.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_35_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 664, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6384", "title": "Трета книга Мојсеева/ 1 глава", "text": "1 Господ го повика Мојсеја и му рече од Шаторот на средбата:\n2 „Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток.\n3 Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа.\n4 Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.\n5 Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата.\n6 Потоа нека ја одерат жртвата и нека ја насечат на делови.\n7 Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот.\n8 Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.\n9 Внатрешноста и нозете нека бидат измиени со вода, и свештеникот нека изгори сè на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’\n10 ‘Ако некој сака да принесе жртва паленица од ситниот добиток - од овците или од козите - нека принесе машко без недостаток.\n11 Нека го заколе пред Господа, на северната страна на жртвеникот. А Ароновите синови, свештениците, нека го испрскаат со крв жртвеникот од сите страни.\n12 Потоа нека ја насечат на делови, а свештеникот нека ги нареди деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.\n13 Внатрешноста и нозете нека бидат измиени во вода. Тогаш свештеникот нека принесе сè и нека го изгори на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’\n14 ‘Ако сака да Му принесе на Господа птици како паленица, тогаш нека принесе грлица или гулапче.\n15 Свештеникот нека ја принесе кон жртвеникот и, откако ќе и го свитка вратот, нека ја скине главата и ја изгори на жртвеникот, а крвта нека ја исцеди отстрана на жртвеникот.\n16 Нека и ги отстрани вратот и перјата и нека ги фрли на источната страна на жртвеникот, во местото за пепелта.\n17 Нека ја расече во должина на двете крила, но нека не ги одделува: и свештеникот нека ја изгори на жртвеникот, врз дрвата што се во огнот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_1_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 418, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6385", "title": "Трета книга Мојсеева/ 2 глава", "text": "1 ‘Ако некој сака да Му принесе на Господа жртва лебен принос, неговиот дар нека биде од чисто брашно; нека го излее со елеј и нека стави темјан на него.\n2 Тогаш нека им го донесе на Ароновите синови, на свештениците. И нека земе полн грст брашно со маслото и со сиот темјан и свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот, за спомен. Тоа е жртва палена на Господа за пријатен мирис.\n3 А што ќе остане од лебниот принос нека им припадне на Арона и на неговите синови - најсветото од Господовите жртви.’\n4 ‘Ако сакаш да принесеш лебен принос печен во печка, тоа нека бидат бесквасни погачи од чисто брашно, замесени со масло, или бесквасни кори, намачкани со масло.\n5 Ако твојот дар биде лебен принос печен во сад за пржење, нека биде од чисто брашно, бесквасен и замесен со масло.\n6 Раскрши го на делови и излеј масло на нив: тоа е лебен принос.\n7 Ако твојот лебен принос е варен во сад за варење, нека биде од чисто брашно со масло.\n8 Принесувај Му на Господа лебен принос направен така! Нека му биде предаден на свештеникот, а тој ќе го принесе кон жртвеникот.\n9 Свештеникот нека оддели дел од лебниот принос, за спомен, па нека го изгори на жртвеник: како жртва паленица на Господа за пријатен мирис!\n10 А остатоците од лебниот принос за Арона и за неговите синови - тоа е најсветото од Господовите жртви.’\n11 ’Никаков лебен принос, што ќе му го принесуваш на Господа, да не биде правен со квас, зашто не смееш да гориш ни квас ни мед како жртва паленица за Господа.\n12 Принесувајте ги како приноси од првите плодови; но нека не бидат горени на жртвеникот за пријатен мирис.\n13 Посоли го секој свој лебен принос. Не оставај ги твоите лебни приноси без солта на Заветот со твојот Бог: при секој твој принос принесувај и сол.’\n14 ‘Ако му принесуваш на Господа лебен принос од првите плодови, принеси во дар од твоите првини од класјето, пржени на оган, или брашно од сомлени зрна.\n15 И излеј масло и стави темјан врз него: тоа е лебен принос.\n16 А свештеникот нека ги изгори: дел од зрната и маслото со сиот темјан, како жртва паленица на Господа.’\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 378, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6406", "title": "Трета книга Мојсеева/ 12 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Кажи им на Израелците: ‘Кога некоја жена ќе забремени и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум денови како што е нечиста во времето на својот месечен ред.\n3 На осмиот ден детето нека биде обрезано.\n4 А таа нека остане уште триесет и три дни, за да се очисти од својата крв; не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа во Светилиштето, додека не се исполни времето на нејзиното очистување.\n5 Ако роди женско, нека е нечиста две седмици, како за време на својот месечен ред, и нека остане уште шеесет и шест денови, за да се очисти од својата крв.\n6 Кога ќе се исполни времето на нејзиното чистење - било за синче, било за ќеркичка - нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, едногодишно јагне за паленица и едно гулапче или грлица за жртва за грев.\n7 Тој нека го принесе тоа пред Господа и нека ја очисти; и таа ќе биде чиста од течењето на својата крв. Тоа е закон за жена, кога ќе роди било машко било женско чедо.\n8 Ако не е во состојба да принесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња - едното за паленица, а другото за жртва за грев. Па свештеникот ќе направи да и се покрие гревот и таа ќе биде чиста.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 230, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6373", "title": "Втора книга Мојсеева/ 38 глава", "text": "1 Направи жртвеник за жртви паленици од багремово дрво, долг пет лакти, широк пет лакти - четвртест - а висок три лакти.\n2 Му направи четири рога на неговите четири агли. Роговите беа од еден дел со него. Потоа го опкова со бронза.\n3 А го направи и целиот прибор за жртвеникот: длабоки грнци, лопатки, садови, вилушки и кадилници; целиот овој прибор го направи од бронза.\n4 Потоа направи решетка за жртвеникот во облик на мрежичка од бронза под испакнатините, му зафаќаше до средина.\n5 Излеа четири колца на четирите агли на бронзената решетка, за да служат како рачки за ластегарките.\n6 Ги направи ластегарките од багремово дрво па ги опкова со бронза.\n7 Тогаш ги провлече ластегарките низ колцата на двете страни на жртвеникот, за да се носи на нив. Го направи со празнина од даски.\n8 А потоа направи бронзен мијалник и бронзена потпирка за него од огледалата на жените, кои прислужуваа пред вратата на Шаторот на средбата.\n9 Потоа направи двор. На јужната страна на дворот беа завеси од препреден лен, долг сто лакти.\n10 Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.\n11 Од сто лакти беа завесите и на северната страна. Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.\n12 Завесите на западната страна беа од педесет лакти, со десет столбови и со десет нивни подножја. Куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.\n13 Однапред, на исток, завеси од педесет лакти.\n14 Од едната страна на вратата завесите беа од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја.\n15 Така и од другата страна - значи, на двете страни на дворната врата - беа завеси од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја.\n16 Сите завеси околу дворот беа од препреден лен.\n17 Подножјата за столбовите беа од бронза, а куките на столбовите и нивните поврзувачи од сребро. Врвовите на столбовите беа опковани со сребро. Сите столбови во дворот беа покриени со сребро.\n18 Завесата на дворната врата - извезана - беше од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. Беше долга дваесет лакти; висока, во ширина, пет лакти како и дворните завеси.\n19 Имаше четири нивни столбови, со четири подножја од бронза. Куките на столбовите беа од сребро. Врвовите на столбовите беа опковани со сребро, а нивните поврзувачи беа сребрени.\n20 Сите колчиња во внатрешноста на Шаторот и околу дворот беа од бронза.\n21 Тоа е попис на работите за Шаторот на Сведоштвото, што е составен според Мојсеевата заповед, а со труд на Левитите под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон.\n22 Веселеил, Уриев син, од Оровото колено, од Јудиното племе, направи сè што Господ му заповеда на Мојсеја.\n23 Со него беше Елиав, син Ахисамахов, од Дановото племе, копаничар, искусен уметник и везач за љубичесто, црвено и темноцрвено предено и за препреден лен.\n24 Целото злато што беше потрошено во работите за Светилиштето - злато посветено со приноси - изнесуваше: дваесет и девет таланти и седум стотини и триесет сикли, според храмските сикли.\n25 А среброто собрано при пребројувањето на заедницата -\n26 односно по еден веках на глава, односно половина сикал според храмскиот сикал, од секој што беше запишан, од дваесет години па нагоре - изнесуваше: сто таланти и илјада и седум стотини седумдесет и пет сикли, во храмски сикли. Беа запишани шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет.\n27 Сто таланти сребро отидоа за леење на подножјата на Светилиштето и за завесата: сто подножја од сто таланти - талант за подножје.\n28 А од илјада седум стотини седумдесет и пет сикли направи куки за столбовите, ги опкова нивните врвови и направи поврзувачи за нив.\n29 Бронзата принесена како дар изнесуваше седумдесет таланти и две илјади и четири стотини сикли.\n30 Од неа направи: подножја за влезот во Шаторот на средбата, бронзен жртвеник, со негова решетка од бронза и сиот прибор на жртвеникот;\n31 натаму, подножја околу дворот, подножја за дворниот влез; сите колчиња за Престојувалиштето и сите колчиња околу дворот. Облека на големиот свештеник и на другите свештеници.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_38_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 686, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6388", "title": "Трета книга Мојсеева/ 3 глава", "text": "1 ‘Ако некој принесува помирителна жртва и ако принесе говедо - женско или машко - нека е без недостаток што Му принесува на Господа.\n2 Нека ја положи својата рака врз главата на својата жртва и нека ја заколе при влезот на Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги испрскаат со крвта сите страни на жртвеникот.\n3 И нека ги принесе од помирителната жртва, како паленица: маста што ја обвиткува внатрешноста, сето сало што е околу внатрешноста;\n4 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; и мрежичката што е на црниот дроб; нека ја извади и неа со бубрезите.\n5 Потоа Ароновите синови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со паленицата, што ќе биде врз дрвата на огнот: тоа нека е жртва палена на Господа за пријатен мирис.’\n6 ‘Ако некој Му принесува на Господа помирителна жртва од ситниот добиток, нека принесе без недостаток, било машко или женско.\n7 Ако принесува јагне како дар, нека го принесе пред Господа.\n8 Нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека го заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови нека ги испрскаат со неговата крв сите четири страни на жртвеникот.\n9 Од помирителната жртва нека Му принесат паленица на Господа: лојта, целата опашка слината до ‘рбетникот; лојот што ја обвиткува внатрешноста;\n10 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката од црните дробови: нека ја извади и неа со бубрезите.\n11 Свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот - како храна на огнот за Господа.’\n12 ‘Ако принесува коза, нека ја принесе пред Господа:\n13 нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека ја заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови да ги попрскаат со нејзината крв сите четири страни на жртвеникот.\n14 Тогаш нека Му ги принесе на Господа како паленица: лојот што ја обвиткува внатрешноста, сиот лој што е околу внатрешноста;\n15 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката на црниот дроб, нека ја извади и неа со бубрезите.\n16 Тогаш свештеникот нека ги изгори на жртвеникот - палена жртва на Господа за пријатен мирис; сиот лој е Господов.\n17 Ова нека им биде вечен закон на сите ваши поколенија, во кое место и да престојувате: не смеете да јадете ни лој ни крв.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 392, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6368", "title": "Втора книга Мојсеева/ 36 глава", "text": "1 „Затоа Веселеил, Елијав и сите вештаци, кои Господ ги надари со вештина и способност да ги извршат искусно сите работи потребни за Светилиштето, нека ги направат како што Господ заповеда.”\n2 Тогаш Мојсеј ги повика Веселеил, Елијав и сите оние што Господ ги надари со вештина; сите кои ги поттикнуваше срцето да се зафатат со работата и да ја извршат.\n3 Тие ги презедоа од Мојсеја сите приноси кои ги донесоа Израелците за да се направат работите за изградбата на Светилиштето. Но бидејќи тие и натаму донесуваа приноси утро по утро,\n4 сите мајстори, кои го градеа Светилиштето, дојдоа - секој од работата на која работеше -\n5 и му рекоа на Мојсеја: „Народот донесува многу повеќе отколку што е потребно за изведување на работата, што Господ ни нареди да ја извршиме.”\n6 Затоа Мојсеј издаде повелба што ја разгласија низ логорот: „Повеќе ниеден маж ни жена нека не донесуваат никаков прилог за Светилиштето!” Така го запреа народот, па не донесуваше нови дарови.\n7 Што имаа, беше доста за да се сврши целото дело, и уште имаше отповеќе.\n8 И така најискусните луѓе меѓу трудбениците го направија Шаторот. Го направија од десет завеси од преден лен и од љубичесто, црвено и темноцрвено предено. Ликови на херувими беа извезани врз нив.\n9 Должината на секоја завеса изнесуваше дваесет и осум лакти, а широчината на секоја завеса четири лакти. Сите завеси беа со иста мерка.\n10 Пет завеси составија една со друга, а пет други завеси составија пак една со друга.\n11 На работ на последната од завесите составени во едно, направија петелки од сина волна; истото го направија и на работ на последната завеса на вториот дел;\n12 направија педесет петелки на едното парче, а педесет петелки на работ на завесата на вториот дел. Петелките стоеја една спроти друга.\n13 Тогаш направија педесет златни куки и ги составија завесите со куките една со друга. Така Шаторот беше како една целина.\n14 Потоа за покривање на Шаторот: направија завеси од козина, ги направија единаесет.\n15 Должината на секоја завеса беше триесет лакти, а широчината четири лакти. Тие единаесет завеси беа со иста мерка.\n16 Составија пет завеси одделно, а шест други одделно.\n17 Направија педесет петелки на работ на завесата на едниот дел, а педесет петелки направија на работ на другиот дел.\n18 Направија и педесет куки од бронза за да го состават покривот заедно, така што да претставува една целина.\n19 Потоа направија покрив за Шаторот од направени црвени овновски кожи, а врз него друг, од јазовечки кожи.\n20 Исправените нагоре даски за Шаторот ги изработија од багремово дрво.\n21 Должината на секоја даска беше десет лакти, а широчината лакот ипол.\n22 Секоја даска имаше два клина еден спроти друг, за да ја држат исправена. Тоа го направија на секоја даска за Шаторот.\n23 Даските за Шаторот ги направија вака: дваесет даски за јужната страна;\n24 направија четириесет подножја од сребро под дваесет даски - две подножја под првата даска за нејзините два клина, и две подножја под секоја следна даска за нејзините два клина.\n25 За втората, северната страна на Шаторот направија дваесет даски\n26 и за нив четириесет подножја од сребро - две подножја под првата даска, а по две подножја под секоја идна даска.\n27 Одназад на Шаторот, кон запад, направија шест даски.\n28 Направија и две даски за аглите на Шаторот одназад.\n29 Тие беа составени при дното, но при врвот се составуваа со едно колце. Така двете ги поставија за двата агла.\n30 Имаше осум даски со нивните подножја од сребро; шеснаесет подножја, под секоја даска две.\n31 Направија лостови од багремово дрво: пет од нив за даските на едната страна на Шаторот,\n32 а пак пет лостови за даските на другата страна на Шаторот, и пет лостови за даските на Шаторот одназад, кон запад.\n33 Тогаш направија средишен лост што поминуваше низ средината на даските од крај до крај.\n34 Ги опковаа даските со злато, а нивните колца, низ кои беа провлечени лостовите, ги направија од злато. И лостовите ги опковаа со злато.\n35 Направија завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од преден лен; ја направија со извезани херувими.\n36 Направија за неа четири столбови од багремово дрво и ги опковаа со злато. Нивните куки беа од злато, а им одлеаја и четири подножја од сребро.\n37 На влезот во Шаторот направија завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен, исткаена уметнички,\n38 и за неа пет столпчиња со нивните куки. Врвовите на столпчињата и нивните поврзувачи ги опковаа со злато, додека пет подножја им направија од бронза.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_36_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 759, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6376", "title": "Втора книга Мојсеева/ 40 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Во првиот ден на првиот месец издигни го Шаторот на средбата.\n3 Таму стави го Ковчегот на сведоштвото, потоа засолни го Ковчегот со завеса.\n4 Потоа внеси го столот и нареди на него што му припаѓа; внеси го и светилникот и приготви му ги светилките.\n5 А златниот жртвеник за кадење стави го пред Ковчегот на сведоштвото. Потоа обеси ја завесата над влезот во Шаторот.\n6 Стави го жртвеникот за паленици пред влезот на Шаторот на средбата.\n7 Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот смести го мијалникот и тури вода во него.\n8 Наоколу направи двор и обеси завеса над дворниот влез.\n9 Потоа земи миро за помазание и помажи ги Шаторот и сè што е во него; посвети го и сиот негов прибор, и ќе станат свети.\n10 Потоа намачкај го жртвеникот за жртви паленици, и жртвеникот ќе стане пресвет.\n11 Помажи го мијалникот со неговата потпирка: посвети го!\n12 Потоа доведи ги Арона и неговите синови при влезот на Шаторот на средбата и измиј ги со вода.\n13 Тогаш облечи го Арона во посветената облека, помажи го и посвети го за да Ми служи како свештеник.\n14 Доведи ги и неговите синови, облечи ги во кошулите\n15 и помажи ги, како што го помаза и нивниот татко, за да Ми служат како свештеници. Нивното помазание нека ги воведе во вечно свештенство, во сите нивни поколенија.”\n16 Мојсеј направи вака. Како што му заповеда Господ, сè и така направи.\n17 Во првиот ден на првиот месец на втората година, Шаторот беше подигнат.\n18 Мојсеј го намести Шаторот вака: ги размести неговите подножја, тогаш ги исправи нагоре неговите даски, потоа ги постави лостовите и подигна столбови.\n19 Потоа распростре покривало над Шаторот, а над него го стави покривот на Шаторот, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n20 Тогаш го зеде Сведоштвото и го положи во Ковчегот; ги провлече ластегарките на Ковчегот; потоа го намести Очистилиштето одозгора на Ковчегот.\n21 Потоа го внесе Ковчегот во Шаторот; ја обеси завесата за засолнување. Така го засолна Ковчегот на сведоштвото, како што Господ и му нареди на Мојсеја.\n22 Потоа го положи столот во Шаторот на средбата, на северната страна на Шаторот, но надвор од завесата.\n23 На него ги принесе лебовите пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n24 Тогаш го смести светилникот во Шаторот на средбата спроти столот, на јужната страна на Шаторот.\n25 И ги запали светилките пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n26 Златниот жртвеник го смести во Шаторот на средбата, пред завесата.\n27 Запали врз него благомиризлив темјан, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n28 Потоа ја закачи завесата на влезот во Шаторот.\n29 При влезот во Шаторот на средбата, го намести жртвеникот за жртви паленици. Врз него принесе жртва паленица и лебен принос, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n30 Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот го смести мијалникот, па тури во него вода за миење.\n31 Мојсеј, Арон и неговите синови ги мијеа своите раце и своите нозе од него.\n32 А ги миеја кога влегуваа во Шаторот на средбата и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n33 Најпосле Мојсеј направи двор околу Шаторот и жртвеникот и обеси завеси на дворната врата. Така Мојсеј ја сврши работата.\n34 А тогаш облак го прекри Шаторот на средбата и Господовата слава го исполни Шаторот.\n35 Мојсеј не можеше да влезе во Шаторот на средбата заради облакот што стоеше на него и заради Господовата слава што го исполнуваше Шаторот.\n36 За цело време на нивното патување, штом облакот ќе се кренеше од Шаторот, Израелците тргнуваа:\n37 но ако облакот не се кренеше, ни тие не тргнуваа на пат сè до денот кога ќе се кренеше.\n38 Зашто за целото време на нивното патување Господовиот облак стоеше дење над Шаторот, а ноќе се појавуваше во облакот оган, видлив за сиот Израелов дом.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_40_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 656, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6392", "title": "Трета книга Мојсеева/ 5 глава", "text": "1 ‘Ако згреши некој така, што чул зборови на колнење и бил сведок, или видел или знаел, па не соопштил, тој ќе ја носи вината врз себе;\n2 или ако некој се допре до што и да било нечисто, мрша на нечист ѕвер, мрша на нечисто животинче или мрша на нечист влекач - и од незнаење стане нечист и виновен;\n3 или ако некој се допре до човечка нечистота, или до што и да е од што се станува нечист, и не е свесен за тоа, кога ќе дознае, бидува одговорен.\n4 Натаму, ако некој непромислено изусти заклетва на добро или зло - на што веќе човекот се заколнува непромислено - и не е свесен за тоа, тогаш, кога ќе дознае, станува виновен;\n5 и така ако некој стане виновен во што и да е од тоа, нека се исповеда за вината\n6 и нека Му принесе на Господа за својот грев, што го сторил, жртва за престап: едно женско од ситниот добиток, јагне или јаре, за грев, и свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев.’\n7 ‘Ако не е во состојба да принесе овца, како надомест за направениот грев, нека Му принесе на Господа две грлици или две гулапчиња; едното како жртва за грев, а другото како паленица.\n8 Нека ги донесе при свештеникот, а тој нека го принесе најнапред она што е одредено за жртва за грев. Откако ќе го притисне за вратот, нека му ја скрши шијата, но нека не ја откине главата.\n9 Со крвта на жртвата за грев нека го попрска жртвеникот од страна, а другата крв нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот: тоа е жртва за грев.\n10 А другото нека го принесе како паленица, според прописот; и така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, со кој згрешил, и ќе му биде простено.’\n11 ‘Ако неговите средства не му дозволуваат да набави две грлици или две гулапчиња, нека Му принесе на Господа, за тоа што згрешил, една десетина ефа чисто пченично брашно. Нека не турува масло на него ниту да става темјан на него, зашто е жртва за грев.\n12 Кога ќе му го донесе тоа на свештеникот; свештеникот нека земе полн грст како спомен-жртва, и нека го изгори на жртвеникот како принос на Господа, над палениците: тоа е жртва за грев.\n13 И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, што го направил во кој и да е од тие случаи, и ќе му биде простено; остатокот му припаѓа на свештеникот, како и од лебниот принос.’”\n14 И уште му рече Господ на Мојсеја:\n15 „Ако некој направи престап, огрешувајќи се на несакање во однос на Господовите свети работи, нека Му принесе на Господа, од своето стадо овци - овен без недостаток, што чини, според твојата процена, најмалку два сикла сребро, според цената на храмскиот сикал, како жртва за престап.\n16 Нека надомести колку што згрешил во однос на светите работи и нека додаде уште петина кон тоа, и нека му го даде на свештеникот сè тоа; и свештеникот ќе направи да му биде покриен гревот со овенот на жртвата за престап, и ќе му биде простено.”\n17 „Ако некој и не знаејќи згреши и стори нешто што Господ забранил, виновен е, и нека ги носи последиците од својата кривица.\n18 Нека му донесе на свештеникот, како жртва за престап, од своето стадо: овен без порок, според твоја процена; и свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот прекршок, што го направил во незнаење, и ќе му биде простено.\n19 Тоа е жртва за престап, со кој згрешил пред Господа.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 594, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6374", "title": "Втора книга Мојсеева/ 39 глава", "text": "1 Од љубичестото, црвеното и темноцрвеното предено направија убаво изработено руво за служба во Светилиштето; направија света облека за Арона, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n2 Наплеќникот го направија од злато, љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.\n3 Исковаа златни плочки, а потоа ги исекоа на нишки, за да ги испреплетат уметнички во љубичестото, црвеното и темноцрвеното предено и во препредениот лен.\n4 За наплеќникот направија прекурамници што беа составени со него на своите два краја;\n5 ткаенината што стоеше на него, беше направена од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен како и тој, и од едно парче со него како што Господ му нареди на Мојсеја.\n6 Камењата на ониксот ги опточија со раб од злато. Врз нив беа, како што се режат печатите, врезани имињата на Израелевите синови.\n7 Нив ги ставија на прекурамениците на наплеќникот, за да бидат спомен-камења на Израелевите синови, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n8 И врзградникот го изработија со работата на вештаците како и наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.\n9 Врзградникот го направија четириаглест, двоен; беше долг една педа, широк педа, а удвоен.\n10 Вметнаа во него четири реда бесцени камења. Првиот ред беше од сард, топаз и смарагд;\n11 вториот ред од антракс, сафир и адамант;\n12 третиот ред од лигур, ахад и аматист;\n13 а четвртиот од кризолит, оникс и јаспис. Сето тоа беше обрабено со злато.\n14 На бесценетите камења беа имињата на Израелевите синови. На број беа дванаесет колку и нивните имиња. Беа врезани како и печати - секој камен со името на едно од дванаесетте племиња.\n15 За врзградникот направија веришки од чисто злато како засукани врвци.\n16 Потоа направија две златни рамки и две златни колца па ги прицврстија двете колца за двата горни агли на врзградникот.\n17 Сега ги заврзаа тука засуканите врвци од злато за двете колца што беа прицврстени за аглите на врзградникот.\n18 Другите два краја на засуканите врвци ги прицврстија за две рамки. Така ги поврзаа со прекурамениците на наплекниќот однапред.\n19 Потоа направија две златни колца па ги прицврстија за двата краја на врзградникот покрај внатрешниот раб, свртен кон наплеќникот.\n20 Уште направија две златни колца па ги прицврстија за долниот, преден крај на прекурамениците на наплеќникот, крај местото каде се врзува, врз ткаенината на наплеќникот.\n21 Ги врзаа колцата на врзградникот со колцата на наплеќникот со сина врвца, така што врзградникот да стои над препашката на наплеќникот и да не може да се одвои од наплеќникот, како што и Господ му нареди на Мојсеја.\n22 Направија и наметка за наплеќникот од љубичесто предено.\n23 Во средината на наметката имаше прорез како отвор на оклоп, разрез опшиен наоколу, за да не се скине наметката.\n24 На долниот раб на наметката направија калинки од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.\n25 А направија и ѕвончиња од чисто злато, па ѕвончињата ги врзаа меѓу калинките; сè наоколу во долниот раб на наметката меѓу калинките:\n26 ѕвонче па калинкин цвет, ѕвонче па калинкин цвет околу долниот раб на наметката за вршење на служба, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n27 Потоа од исткаен лен направија кошули за Арона и за неговите синови;\n28 а направија и капа од лен и капчиња од лен; направија платнени гаќи од препреден лен.\n29 И појасите беа од препреден лен и од љубичесто, црвено и темноцрвено предено, извезани, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n30 Направија и плоча, свет венец, од чисто злато, и врз неа врежан натпис како што се врезува на печатен прстен: „Посветен на Господа.”\n31 За неа приврзаа сина врвца, за да можат да ја врзат на врвот на капата, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n32 Така беа завршени сите работи на Шаторот на средбата. Израелците направија сè онака како што Господ му нареди на Мојсеја да направат.\n33 Тогаш му ги донесоа на Мојсеја: Шаторот и сиот негов прибор: неговите куки, неговите даски, неговите лостови, неговите столбови и неговите подножја;\n34 покрив од направени црвени овновски кожи, покрив од јазовечки кожи, завесата за засолнување;\n35 Ковчегот на сведоштвото со неговите ластегарки и Очистилиштето;\n36 столот и сиот негов прибор, принесените лебови,\n37 светилникот од чисто злато со неговите светилки - светилки веќе ставени во ред - и сиот негов прибор - и масло за осветление;\n38 златен жртвеник, миро за помазание, благомиризлив темјан и завесата за влезот во Шаторот;\n39 жртвеник од бронза со бронзена решетка; неговите ластегарки и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка;\n40 завесите за дворот; нивните столбови и нивните подножја; завесата за дворниот влез, неговите јажиња и нивните колчиња - сиот прибор за служба во Шаторот на средбата;\n41 убаво изработени облеки за служба во Светилиштето - света облека за свештеникот Арон и облеки за свештеничката служба на неговите синови.\n42 Токму како што Господ му нареди на Мојсеја, така Израелците ја свршија целата работа.\n43 Мојсеј ги прегледа сите работи и утврди дека ги довршиле: како што Господ нареди, така и ги направија. И Мојсеј ги благослови.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_39_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 847, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6400", "title": "Трета книга Мојсеева/ 9 глава", "text": "1 На осмиот ден Мојсеј ги повика Арона и неговите синови и израелевите старешини,\n2 и му рече на Арона: „Земи едно теле за жртва за грев и еден овен за паленица, двата без недостаток, и принеси ги пред Господа.\n3 А на синовите Израелеви речи им вака: ‘Земете еден јарец за жртва за грев, теле и јагне годиначе, без недостаток, за паленица;\n4 а јунец и овен за помирителна жртва за да ги жртвувате пред Господа; најпосле лебен принос, замесен со масло; зашто Господ ќе ви се јави денес.’”\n5 Тие доведоа пред Шаторот на средбата што им нареди Мојсеј; сета заедница истапи напред и застана пред Господа.\n6 „Ова е повелбата - рече Мојсеј - што Господ ја даде. Извршете ја, за да ви се покаже Господовата слава.”\n7 Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Пристапи кон народот, принеси ја твојата жртва за грев и твојата паленица; и направи покривање на гревот за себеси и народот, и принеси принос од народот, и направи покривање на гревот за него, како што Господ нареди.”\n8 Арон му пристапи на жртвеникот и закла теле како жртва за својот сопствен грев.\n9 Ароновите синови му донесоа крв, па го накваси својот прст во крвта и ја стави врз роговите на жртвеникот. Потоа ја излеа другата крв во подножјето на жртвеникот.\n10 А лојот, бубрезите и мрежичката на црниот дроб од жртвата за грев ги изгоре на жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n11 Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.\n12 И закла паленица, од која Ароновите синови му ја подадоа крвта. Тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.\n13 Му ја дадоа и паленицата, дел по дел, а така и главата, и тој ја изгоре на жртвеникот.\n14 Ги изми внатрешноста и нозете, па и нив ги изгоре на жртвеникот над паленицата.\n15 Потоа принесе принос од народот. Го зеде јарецот за грев што е за народот, го закла и го принесе како жртва за грев, како и поранешната.\n16 И принесе паленица и ја принесе според уставот.\n17 И принесе лебен принос, ја наполни раката од него и го изгоре на жртвеникот врз утринската паленица.\n18 Потоа закла јунец и овен како помирителна жртва од народот. Ароновите синови му ја подадоа крвта, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;\n19 му го дадоа и лојот од јунецот и од овенот, опашката, лојот околу внатрешноста, бубрезите и мрежичката на црниот дроб.\n20 Откако го положи лојот на градите, го изгоре на жртвеникот.\n21 А градите и десната плешка ги принесе како вртена жртва пред Господа, како што нареди Мојсеј.\n22 А Арон ги подигна своите раце кон народот и го благослови. Откако ги принесе: жртвата за грев, паленицата и помирителната жртва, слезе.\n23 Потоа Мојсеј и Арон влегоа во Шаторот на средбата. Кога излегоа го благословија народот. Господовата слава му се покажа на целиот народ.\n24 Оган излезе од пред Господа и ги изгоре паленицата и лојта. Целиот народ го виде тоа, воскликна од радост и падна на своето лице.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 510, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6402", "title": "Трета книга Мојсеева/ 10 глава", "text": "1 Ароновите синови Надав и Авиуд ја зедоа секој својата кадилница; ставија оган во нив и положија темјан во него, за да принесат пред Господа туѓ оган, што Тој не им го заповеда.\n2 Но излезе оган од пред Господа и ги изгоре, и тие умреа пред Господовото лице.\n3 Тогаш Мојсеј му рече на Арона: „Тоа е она за што зборуваше Господ, кога рече: ‘Свет ќе Сум преку оние кои Ми се приближуваат и ќе се прославам пред целиот народ.’” Арон молчеше.\n4 Мојсеј ги повика Мисаил и Елисафан, синовите на Ароновиот дедо Озил, па им рече: „Дојдете и однесете ги вашите браќа од пред Светилиштето во поле надвор од логорот!”\n5 Тие дојдоа и ги однесоа во нивните кошули во полето надвор од логорот, како што рече Мојсеј.\n6 Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови Елеазар и Итамар: „Не си ги откривајте вашите глави, ниту кинете си ги облеките, за да не загинете и за да не се налути Тој на целото општество. Но вашите браќа и сиот Израелев дом можат да плачат за оние што Господовиот оган ги изгоре.\n7 И не излегувајте од влезот на Шаторот на средбата, за да не умрете вие, зашто врз вас е елејот на Господовото помазание.” Тие направија според Мојсеевото слово.\n8 Господ му рече на Арона:\n9 „Кога ќе влегувате во Шаторот на средбата, не пијте вино ниту опоен пијалак, ниту ти ниту твоите синови со тебе! Така нема да загинете. Тоа е постојан закон за вашите родови;\n10 за да можете да го разликувате светото од несветото и нечистото од чистото;\n11 за да ги научите Израелевите синови на сите закони што Господ ги даде преку Мојсеја.”\n12 Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите преживеани синови, Елеазар и Итамар: „Земајте од лебниот принос, што ќе остане од Господовите жртви, и јадете го бесквасно покрај жртвеникот, зашто тоа е најсвето.\n13 Јадете го на свето место; зашто тоа е твој дел и дел на твоите синови од Господовите жртви: така ми е наредено.\n14 А градите на вртената жртва и плешките на воздигнатата жртва јадете ги: ти и твоите синови и твоите ќерки со тебе, на чисто место; зашто тоа ви е дадено како дел за тебе и како дел за твоите синови од помирителните жртви на Израелевите синови.\n15 Плешките на воздигнатиот принос и градите на вртениот принос што се донесуваат заедно со лојот, нека бидат вртени пред Господа; тоа да биде вечна уредба за тебе и за твоите синови со тебе, како што заповеда Господ.”\n16 Потоа Мојсеј го побара јарецот за грев, но ете, беше изгорен. Тој се налути на Елеазар и на Итамар, преживеаните Аронови синови, па рече:\n17 „Зошто не јадевте жртва за грев на свето место? Зашто таа е најголема светина; и таа ви е дадена за да ги симнувате беззаконијата на општеството и за да се надоместува покривање на гревот.\n18 Ете, нејзината крв не беше внесена внатре во Светилиштето, а вие бевте должни да ја јадете на свето место, како што ми беше наредено.”\n19 А Арон му рече на Мојсеја: „Ете, тие ги принесоа денес својата жртва за грев и својата паленица пред Господа; и тоа се случи со мене! Ако јас денес ја изедам жртвата за грев, дали ќе Му биде угодно тоа на Господа?”\n20 Кога Мојсеј го чу тоа, го одобри.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 564, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6404", "title": "Трета книга Мојсеева/ 11 глава", "text": "1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n2 „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете:\n3 секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.\n4 Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас;\n5 и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас;\n6 дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас.\n7 А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас.\n8 Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша - тие се нечисти за вас.’\n9 ‘А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, било во морињата, било во реките, а има перки и лушпи, можете да јадете.\n10 А што нема перки и лушпи во морињата и реките - од сè што плива во водата и од сè што живее во водата - се нечисти за вас.\n11 Тие нека се нечисти за вас; не јадете го нивното месо и гнасете се од нивните трупови.\n12 И така, сè што е во водата а нема перки и лушпи нека е одвратно за вас.’\n13 ‘Од птиците нека ви се одвратни овие и нека не бидат јадени - одвратни се: орелот, орелот стрвник и јастребот;\n14 тетребот и соколот од кој и да е вид;\n15 гавранот од кој и да е вид;\n16 нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови;\n17 бувот, нуркачот, утот;\n18 лебедот, неситот и свраката;\n19 штркот, чапјата од секој вид; пупунецот и лилјакот.’\n20 ‘Сите крилести бубачки што одат на четири нозе нека ви се нечисти!\n21 Од сите тие крилести бубачки што одат на четири нозе, можете да ги јадете само оние што имаат на своите ножиња листови за да скокаат по земјата.\n22 Од нив можете да ги јадете: секој вид на скакулците, салемот, арголата и зелените скакулци.\n23 А сите други крилести бубачки нека ви се одвратни!’\n24 ‘И од нив ќе станете нечисти: кој и да се допре до нивната пцовисаница нека биде нечист до вечерта;\n25 секој што ќе понесе пцовисаница од нив, нека ја испере својата облека и ќе биде сметан за нечист до вечерта;\n26 и животните со нераздвоени копита што не преживаат се нечисти за вас, и секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист!\n27 Сите четвороножни животни, што одат на шепи, нечисти се за вас. Секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта.\n28 А оној што ќе ја понесе нивната мрша, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта. Тие се нечисти за вас.’\n29 ‘Од животните што лазат по земјата нека се нечисти за вас овие: невестулката, глушецот и секој вид гуштери;\n30 ежот, камелеонот, дождовникот, зелениот гуштер и кртицата.\n31 Тие животни, од сите што ползат, се нечисти за вас. Секој што ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта.\n32 А врз она на што некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто: било некаков дрвен предмет или облека, или кожа или мев и секоја работа што се употребува. Секој таков предмет нека се накваси во вода и нека остане нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.\n33 Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него.\n34 А ако капне вода од таков сад на некаква храна, што се јаде, ќе биде нечиста.\n35 А сè врз кое ќе падне нешто од нивниот труп, нека биде нечисто; ако тоа биде печка или огниште, нека бидат разурнати: нечисти се за вас и нека бидат нечисти за вас.\n36 А изворот или водособиралиштето што држи вода нека бидат сметани за чисти. Но кој ќе допре мрша на животно, нека е нечист.\n37 И ако нешто од нивната мрша падне на житно семе што ќе биде посеано, тоа останува чисто;\n38 но ако семето се накваси со вода, а тогаш падне на него нешто од нивната пцовисаница, нека е нечисто за вас.’\n39 ‘Ако пцовиса некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта,\n40 а секој што ќе касне од неговата пцовисаница, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта; а кој ќе го понесе неговиот труп, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта.’\n41 ‘Секое животно, што ползи по земјата, е нечисто за вас; нека не се јаде.\n42 Ништо што ползи по мевот, ништо што оди на четири нозе или на повеќе нозе - никаков ползач што лази по земјата, не јадете, зашто се одвратни.\n43 Немојте да се онечистите сами себеси со сите тие лазачи што ползат; не осквернувајте се со нив, за да не станете и вие нечисти заради нив.\n44 Зашто Јас Господ Сум ваш Бог: осветувајте се да бидете свети, зашто Јас Сум свет! Не валкајте ги вашите души ниту со едно животно што ползи по земјата!\n45 Да, Јас Сум Господ; ве изведов од Египетската Земја за да ви бидам Бог. И така бидете свети, зашто Јас Сум свет!’\n46 ‘Тоа е закон за добитокот, за птиците и за сите животни, што живеат во водата, и за сите животни што лазат по земјата,\n47 за да го разликувате нечистото од чистото; и животните, што можат да се јадат, од животните што не смеат да се јадат.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 925, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6398", "title": "Трета книга Мојсеева/ 8 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Земи ги: Арона, а со него и неговите синови; облеките и маслото за помазание, јунецот на жртвата за грев, двата овна и кошницата со бесквасни лебови,\n3 па собери ја целата заедница при влезот од Шаторот на средбата.”\n4 Мојсеј направи како што му нареди Господ, и општеството се собра при влезот од Шаторот на средбата.\n5 Тогаш Мојсеј и проговори на заедницата: „Господ нареди да се направи ова.”\n6 Потоа Мојсеј ги изведе Арона и неговите синови и ги изми со вода.\n7 Го облече во облека, го препаша со појас, го наметна со наметка и му стави ефод (наплеќник). Потоа го опаша со ткаенината на наплеќникот и со неа го пристегна наплеќникот до него.\n8 Му стави врзградник, а во врзградникот ги вметна Уримот и Тумимот.\n9 На главата му сложи митра (капа), а однапред на капата закачи златна плочичка - свет венец - како што Господ му нареди на Мојсеја.\n10 Потоа Мојсеј го зеде маслото за помазание и ги помаза Шаторот на средбата и сè што е во него, за да ги освети.\n11 Седумпати го попрска со него жртвеникот па ги помаза жртвеникот и сиот негов прибор, мијалникот со неговото подножје, за да ги освети.\n12 Излеа миро врз Ароновата глава и го помаза, за да го посвети.\n13 Потоа Мојсеј ги доведе Ароновите синови; ги облече во хитони (облеки), ги препаша со појаси и им сложи капи, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n14 Потоа доведе јунец за жртва за грев. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на јунецот на жртвата за грев.\n15 И Мојсеј го закла, па ја зеде крвта и со својот прст ја стави на роговите околу жртвеникот. Така го очисти жртвеникот. Другата крв ја излеа во подножјето на жртвеникот; го освети, за да го направи чист.\n16 Потоа Мојсеј ги зеде: сиот лој што беше околу внатрешноста, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој, и ги изгоре на жртвеникот.\n17 А кожата од јунецот, неговото месо и неговата нечистота ги изгоре во оган надвор од логорот, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n18 Тогаш доведе овен за жртва паленица. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на овенот.\n19 А Мојсеј го закла и го попрска со крвта жртвеникот од сите страни.\n20 Откако го исече овенот на делови, Мојсеј ги изгоре главата, деловите и лојот.\n21 Во вода ги изми внатрешноста и нозете па го изгоре целиот овен на жртвеникот. Тоа е паленица за пријатен мирис - жртва палена на Господа - како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n22 Потоа доведе друг овен, овен за жртва за посветување. Арон и неговите синови ги положија своите раце на главата на овенот.\n23 Мојсеј го закла, ја зеде неговата крв и ја стави на крајот на Ароновото десно уво, на палецот на неговата десна рака и на големиот прст на неговата десна нога.\n24 Потоа Мојсеј ги доведе Ароновите синови, па им стави од истата крв на крајот на нивното десно уво, на палецот на десната рака и на големиот прст на десната нога.\n25 Па ги зеде: лојот, опашката, лојот што беше околу внатрешноста, мрежичката на црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој - и десната плешка;\n26 а од кошницата со пресни бесквасни лебови, што стоеше пред Господа, зеде една бесквасна погача, една кора со масло и еден колак и ги постави врз лојот и десната плешка.\n27 Сето тоа го положи во Ароновите раце и во рацете на неговите синови, па го принесе тоа како вртен принос пред Господа.\n28 И Мојсеј пак го зеде тоа од нивните раце и го изгоре на жртвеникот со паленицата; тоа беше жртва за посветување, за пријатен мирис, палена жртва на Господа.\n29 Најпосле Мојсеј ги зеде градите и ги принесе како движен принос пред Господа: тоа беше Мојсеев дел од овенот за посветување, како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n30 Потоа Мојсеј зеде масло за помазание и од крвта што беше на жртвеникот, па ги попрска Арона и неговите облеки, а така и неговите синови и нивните облеки. Така ги посвети Арона и неговите облеки; неговите синови и нивните облеки.\n31 Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови: „Сварете го месото при влезот на Шаторот на средбата и јадете го таму со лебот што е во кошницата за жртвата за посветување, како што наредив: нека го јадат Арон и неговите синови!\n32 А што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го во оган.\n33 Седум дни не одете си од влезот на Шаторот на средбата до денот кога ќе се исполни времето за вашето посветување. Зашто се потребни седум денови за вашето посветување.\n34 Како што се правеше денес, Господ нареди да се работи така и натаму за ваше покривање на гревот.\n35 Затоа останете при влезот на Шаторот на средбата седум дни, дење и ноќе вршејќи што наредил Господ, за да не изумрете. Јас добив таква заповед.”\n36 Арон и неговите синови направија сè што нареди Господ преку Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 845, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6394", "title": "Трета книга Мојсеева/ 6 глава", "text": "1 Господ му рече уште на Мојсеја:\n2 „Ако некој згреши и направи престап пред Господа, измамувајќи го својот ближен за нешто што му е доверено нему или за залог, а исто и со кражба или со исползување на својот ближен;\n3 или, ако најде нешто загубено, па излаже и се заколне криво, во било кој и да е грев што човек може да го стори;\n4 ако некој згреши така и стане виновен, тогаш она што го одзеде со кражба или што го придоби со искористување; или нештото што му беше доверено; или загинатата работа што ја нашол;\n5 или она за што се заколнал лажно - нека биде вратено целосно и, додавајќи му петина на тоа, нека му го даде на оној кому што му припаѓа, во истиот ден кога ќе ја сознае својата вина.\n6 Потоа на свештеникот за надомест, како принос за престап на Господа, нека му доведе од своето стадо овци еден овен без недостаток, според твоја процена,\n7 И свештеникот ќе направи да се покрие вината пред Господа, и ќе му биде простено, што и да сторил, сè, со што станал виновен.”\n8 Господ му рече уште на Мојсеја:\n9 „Нареди им на Арона и на неговите синови: обредот за жртва паленица е ваков: жртвата паленица нека остане на жарта во жртвеникот цела ноќ до утрото; и оган нека гори непрекратно на жртвеникот.\n10 Свештеникот нека облече врз себе ленена кошула, нека навлече ленени гаќи врз своето тело; потоа нека ја собере пепелта во што огнот ја претвори паленицата на жртвеникот, и нека ја остави покрај жртвеникот.\n11 Потоа нека ја соблече својата облека и нека облече друга, па нека ја однесе пепелта на чисто место надвор од логорот.\n12 Огнот на жртвеникот треба да гори секогаш; не смее да гасне. Секое утро, свештеникот нека реди дрва и тогаш нека ја положи жртвата паленица врз него. Таму нека го изгорува лојот од помирителната жртва.\n13 Огнот на жртвеникот нека гори непрекратно; нека не гасне.”\n14 „Ова е закон за лебниот принос: Ароновите синови нека го принесуваат во присуство на Господа пред жртвеникот.\n15 Откако еден од нив земе грст чисто брашно и масло од лебниот принос и сиот темјан што ќе биде на него, откако тоа ќе го изгори на жртвеникот како спомен-жртва, пријатен мирис пред Господа,\n16 остатокот - во вид на бесквасни лебови - нека го изедат Арон и неговите синови; нека го јадат на посветеното место: во дворот на Шаторот на средбата.\n17 Нека не се пече со квас. Тоа е дел од жртвите, палени за Мене, што Јас им го давам - најсветиот дел, исто како и приносот за грев и приносот за престап.\n18 Секое машко од Ароновото потомство може да го јаде тој дел од жртвите палени на Господа, и тоа е вечен закон за сите ваши поколенија: кој и да се допре до нив, ќе биде осветен.”\n19 Господ му рече уште на Мојсеја:\n20 „Арон и неговите синови, на денот на нивното помазание, нека Му го принесат на Господа овој принос: десетина ефа од чисто пченично брашно како редовен лебен принос, половина наутро, а половина навечер.\n21 Нека биде зготвен во сад за пржење со масло. Донеси го добро наквасен и принеси Му го на Господа како пријатен мирис.\n22 Така нека го зготви свештеникот, кој - од неговите синови - ќе биде помазан за да го наследи. Тоа е вечен закон. Тоа нека се изгорува цело за Господа!\n23 Секој свештенички лебен принос треба да биде изгорен сосем; од него да не се јаде.”\n24 Господ му рече уште на Мојсеја:\n25 „Кажи им на Арона и на неговите синови: ‘Ова е закон за принос за грев: жртвата за грев нека биде заклана пред Господа на местото каде се коле жртва паленица - најсвета е!\n26 Свештеникот кој ја принесува жртвата за грев нека јаде од неа; таа нека биде јадена на свето место, во дворот на Шаторот на средбата.\n27 Секој што ќе се допре до нејзиното месо, ќе биде посветен; ако крвта ја испрска облеката, испрсканиот дел нека биде испран на свето место.\n28 А садот од глина, во кој ќе биде варено месото, нека биде скршен; а ако биде варено во бронзен сад, нека се истрие и нека се измие со вода.\n29 Секое машко од свештеничкиот род може да јаде од неа - пресвета е!\n30 Но ниедна жртва за грев - од која крвта е донесена во Шаторот на средбата за покривање на гревот во Светото место - нека не се јаде, туку да биде изгорена на оган.’\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 754, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6390", "title": "Трета книга Мојсеева/ 4 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Кажи им на Израелевите синови вака: ‘Ако некој и згреши од незнаење на која и да е Господова заповед и стори нешто што е забрането да се прави;\n3 ако помазаниот свештеник согреши и навлече вина врз народот, тогаш за гревот што го сторил нека Му принесе на Господа едно грло крупен добиток, еден јунец без недостаток, како жртва за грев.\n4 Нека го доведе јунецот пред Господа до влезот во Шаторот на средбата; нека ги положи своите раце на главата на јунецот и нека го заколе пред Господа.\n5 Тогаш помазаниот свештеник нека ја земе крвта од јунецот и нека ја донесе во Шаторот на средбата.\n6 И свештеникот нека го накваси својот прст во крвта и со крвта нека ја попрска седумпати предната страна на завесата на Светилиштето пред Господа.\n7 Свештеникот нека ги помаже со крвта роговите на жртвеникот за благомирисливо кадење, што се дими пред Господа во Шаторот на средбата. Сета останата крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за паленици, што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата.\n8 Нека ги извади од јунецот принесен за грев: лојот што ја обвиткува внатрешноста;\n9 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, мрежичката од црниот дроб; нека ја извади и неа со бубрезите;\n10 онака како што се зема дел од вол за помирителна жртва. Потоа свештеникот нека ги изгори на жртвеникот како паленица.\n11 Кожата од јунецот, сето негово месо, неговата глава, неговите нозе, внатрешноста и неговата нечистота\n12 - целиот јунец - нека ги изнесе на чисто место надвор од логорот каде се истурува пепелта - и нека го изгори на оган од дрва; нека биде изгорен таму на пепелта.’\n13 ‘Ако целата израелска заедница згреши од незнаење, сторувајќи нешто што Господ го забранил па ако така станат виновни, а не се свесни за вината,\n14 тогаш, кога ќе се дознае за сторениот престап, општеството нека принесе еден јунец како жртва за грев. Нека го доведат пред Шаторот на средбата.\n15 Тука, пред Господа, старешините на заедницата нека ги положат своите раце на главата на јунецот. И нека го заколат јунецот пред Господа.\n16 А помазаниот свештеник нека донесе од крвта на јунецот во Шаторот на средбата;\n17 свештеникот нека го накваси својот прст во крвта и нека ја попрска седумпати предната страна на завесата, пред Господа.\n18 Потоа нека стави крв на роговите на жртвеникот што се наоѓа пред Господа во Шаторот на средбата. Сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за паленици, што се наоѓа на влезот во Шаторот на средбата.\n19 Нека го извади од него сиот лој и нека го изгори на жртвеникот.\n20 Нека направи со јунецот како што стори и со оној што беше принос за грев - така нека направи и со него. И откако свештеникот ќе направи покривање за нивниот гревот, ќе им биде простено.\n21 Нека го однесе јунецот надвор од логорот и нека го изгори како што го изгоре и првиот јунец. Тоа е жртва за грев на општеството.’\n22 ‘Ако кнез згреши од незнаење и направи нешто што Господ, неговиот Бог, го забранил и така стане виновен,\n23 тогаш, кога ќе го известат за престапот што го сторил нека донесе како свој принос машко јаре без недостаток.\n24 Откако ќе ја положи својата рака на главата на јарето, нека го заколе на местото каде се коле паленица пред Господа. Тоа е жртва за грев.\n25 Свештеникот нека земе со својот прст крв од приносот за грев, па нека ја стави на роговите на жртвеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за паленици.\n26 Сиот лој нека го изгори на жртвеникот како и лојот од помирителна жртва. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, и ќе му биде простено.’\n27 ‘Ако некој од народот на земјата згреши од незнаење, правејќи нешто што Господ забранил и така согрешил,\n28 тогаш, кога ќе му биде посочен престапот што го сторил, нека донесе женско јаре без недостаток како свој принос за гревот што го направил.\n29 Нека ја положи својата рака на главата на жртвата за грев и нека ја заколе жртвата за грев на местото за паленици.\n30 Свештеникот нека земе крв на својот прст и нека ја стави на роговите на жртвеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот.\n31 Потоа нека го извади сиот нејзин лој како што се вади лој од жртва помирница; па свештеникот нека го изгори на жртвеникот како благопријатен мирис на Господа. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, и ќе му биде простено.’\n32 ‘Ако некој сака да доведе јагне како жртва за грев, нека доведе женско без недостаток.\n33 Откако ќе ја положи својата рака на главата на приносот за грев, нека го заколе како жртва за грев на местото каде се колат паленици.\n34 Тогаш свештеникот нека земе крв од жртвата за грев на својот прст па нека ја стави на роговите на жртвеникот за паленици. А сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот.\n35 Потоа нека го извади сиот нејзин лој како што се вади лој од помирителна жртва, од јагне. Свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот како принос на Господа. И така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, што го сторил, па ќе му биде простено.’\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 902, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6396", "title": "Трета книга Мојсеева/ 7 глава", "text": "1 ‘Еве го законот за жртва за престап: таа е најсвета!\n2 Жртвата за престап нека биде заклана на местото каде ги колат жртвите паленици, а со нејзината крв свештеникот нека го испрска жртвеникот од сите страни.\n3 Потоа нека го принесе сиот лој од неа: опашката, лојот што ја обвива внатрешноста,\n4 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката на црниот дроб: нека ја извади и неа со бубрезите!\n5 Свештеникот нека ги изгори на жртвеникот како жртва палена на Господа. Тоа е жртва за престап.\n6 Секое машко од свештеничкиот род може да јаде од неа. Нека се јаде на свето место - најсвета е!\n7 Каква е жртвата за грев, таква е и жртвата за престап, еден е законот за нив: таа му припаѓа на свештеникот, кој врши покривање на гревот со неа.\n8 Исто така кожата од жртвата што некој ќе му ја предаде на свештеникот, за да биде принесена како жртва паленица, нека му припадне на свештеникот.\n9 Натаму, секој лебен принос што ќе биде печен во печка како и секој што ќе биде зготвен во грне или во сад за пржење, нека му припадне на свештеникот кој го принесува.\n10 А секој лебен принос, замесен со масло или насуво, нека им припадне на сите Аронови синови, на еднаков дел!’\n11 ‘Ова е законот за помирителната жртва што ќе Му биде принесувана на Господа.\n12 Ако се принесува за благодарност, заедно со жртвата благодарница нека бидат принесени бесквасни погачи замесени со масло; бесквасни кори намачкани со масло и колачиња од чисто брашно, замесени со масло.\n13 Овој принос, надополнет со колачиња од заквасено тесто, нека се принесува заедно со помирителната жртва за благодарност.\n14 Од секоја ваква жртва нека Му се принесе по еден возвишен принос на Господа. Тоа нека биде за свештеникот што ја прска крвта од помирителната жртва.\n15 А месото од помирницата нека биде изедено во истиот ден кога ќе биде жртвувана; од неа нека не се остава ништо за следното утро.\n16 А ако биде приносот: жртва заветница или доброволен принос нека биде изедена на денот кога жртвата се принесува. Што ќе остане од неа, нека биде јадено следното утро.\n17 А што ќе остане уште од месото на жртвата, нека биде изгорено врз оган на третиот ден.\n18 Ако некој јаде месо од помирителната жртва на третиот ден, жртвата нема да биде примена, ниту ќе му се засмета на оној кој ја принесува. Таа жртва е онечистена, и оној што ќе јаде од неа, ќе понесе грев врз себе!’\n19 ‘Месото што ќе се допре до што и да е нечисто, нека не се јаде, туку да биде изгорено на оган! Инаку кој е чист, може да јаде чисто месо.\n20 А кој би јал нечисто од месото на помирителната жртва, што Му беше принесена на Господа, да биде истребена таа душа од својот народ.\n21 Кога некој ќе се допре до што и да е нечисто - било тоа да е човечка нечистота, некакво нечисто животно или каква и да е нечиста гадинка или какво и да е нечисто суштество - па изеде месо од помирница, што Му е принесена на Господа, таквиот нека биде откорнат од својот народ!’”\n22 Господ му рече на Мојсеја:\n23 „Речи им на Израелевите синови вака: ‘Не јадете лој ни волски, ни овчи, ни козји.\n24 Лојот од животно што ќе пцовиса, или што дивите ѕверови ќе го раскинат, може да биде употребено за што и да е, но не смеете да го јадете.\n25 Секој што јаде лој од животно, што може да Му биде принесено на Господа како паленица, таквиот нека биде откорнат од својот народ.\n26 Не смеете да јадете крв ни од птици ни од добиток, ниту во едно од вашите живеалишта.\n27 Секој што би јал било каква крв, нека биде откорнат од својот народ.’”\n28 Господ му рече уште на Мојсеја:\n29 „Кажи им на Израелевите синови: ‘Приносот на Господа од помирителната жртва треба да ја донесе оној кој Му ја принесува на Господа помирницата.\n30 Со своите сопствени раце нека Му ја принесе на Господа жртвата паленица; нека ги принесе лојот и градите; градите да бидат вртени пред Господа.\n31 Свештеникот нека го изгори лојот на жртвеникот, а градите нека им припаднат на Арона и на неговите синови.\n32 Десната плешка од вашите помирителни жртви дајте му ја дар на свештеникот.\n33 На оној Аронов син кој ќе ги принесува крвта и лојот од помирителната жртва нека му припадне во дел десната плешка.\n34 Зашто Јас ги земам од Израелевите синови од нивните помирници: вртените гради и воздигнатите плешки, па им ги предавам на Арона и на неговите синови, како вечен закон од Израелевите синови.’”\n35 Ова е приход на Арона и на неговите синови од жртвите палени во чест на Господа; им се доделуваат од оној ден, кога започнуваат да служат како свештеници пред Господа.\n36 Господ заповеда да им се дава тоа, од денот кога ќе бидат помазани, како награда од Израелците. Тоа е трајна одредба за нивните поколенија.\n37 Тоа е закон за жртвата паленица, за лебниот принос, за приносот за грев, за приносот за престап, за жртвата за посветување и за помирителната жртва,\n38 што Господ му го даде на Мојсеја на Синајската Гора, кога им заповеда на Израелевите синови да Му принесуваат жртви на Господа во Синајската Пустина.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 895, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6416", "title": "Трета книга Мојсеева/ 17 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Говори им на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови и речи им: ‘Еве што заповеда Господ:\n3 „Секој оној од Израелевиот дом кој - во логорот или надвор од логорот - заколе вол, или овца, или коза,\n4 а не го донесе при влезот во Шаторот на средбата за да Му принесе дар на Господа пред Шаторот Господов, секој таков нека биде виновен: пролеал крв, и нека биде истребен од својот народ.\n5 Затоа Израелевите синови нека ги доведат своите жртви, што сакаат да ги колат надвор, во полето, при влезот на Шаторот на средбата, кај свештеникот, и нека ги принесат како помирителни жртви.\n6 Свештеникот нека ја излее крвта врз Господовиот жртвеник што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата, а лојот нека го изгори за благоугоден мирис на Господа,\n7 така што во иднина не ќе им ги принесуваат своите жртви на бесовите со кои блудствуваат. Ова нека е вечен закон за нив и за нивните поколенија.”‘\n8 „И уште речи им: ‘Секој поединец од Израелевиот дом, или странец кој живее меѓу вас, кој ќе принесе паленица или жртва,\n9 а не ја приведе при влезот во Шаторот на средбата за да Му биде принесена на Господа, тој нека биде истребен од својот народ.’\n10 ‘Натаму, Јас ќе се свртам против секој поединец од Израелевиот дом, а така и против секој придојденец меѓу вас, кој би јадел каква и да е крв, ќе го отстранам од неговиот народ секој што ќе јаде крв.\n11 Зашто животот на телото е во крвта. Таа крв ви ја дадов вам за жртвеникот, за да ги покривате од грев вашите души, зашто оваа крв прави покривање на гревот за душата.’\n12 Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’\n13 Ако некој од Израелевите синови или странец што живее меѓу вас, фати во лов ѕвер или птица што може да се јаде, нека и ја пролее крвта и нека ја покрие со земја.”\n14 „Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен.\n15 Секој, Израелец или странец, кој би јал пцовисано, или раскинато од ѕверови, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.\n16 Но ако не ја испере и ако не го искапе своето тело, нека го понесе на себе своето беззаконие.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 442, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6411", "title": "Трета книга Мојсеева/ 15 глава", "text": "1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n2 „Зборувајте им на Израелевите синови и речете им: ‘Кога некој човек има излив од своето тело, неговиот излив е нечист.\n3 Еве во што е неговата нечистота ако го има изливот: ако неговото тело го пушти изливот или го задржи - тој е нечист.\n4 Секоја постела на која ќе легне оној што има излив нека е нечиста; и секој предмет на кој ќе седне нека е нечист.\n5 А секој што ќе ја допре неговата постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.\n6 Кој што ќе седне на предмет на кој седеше оној, кој имал излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.\n7 Кој ќе се допре до телото на оној што имал излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.\n8 Ако оној што имал излив плукне на некој што е чист, тој нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.\n9 И секое седло на кое ќе седне оној што има излив, нека биде нечисто до вечерта;\n10 и секој што ќе се допре до нешто што било под него, нека биде нечист до вечерта.\n11 А секој кого ќе го допре, со неизмиени раце, оној што има излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.\n12 Глинениот сад што ќе биде допрен од оној со изливот нека биде скршен, а секој дрвен сад нека биде измиен со вода.’\n13 ‘Кога ќе се очисти од тоа, оној што има излив, тогаш нека изброи седум дена за своето очистување; нека ја испере својата облека и нека се искапе во жива вода, и нека биде чист.\n14 На осмиот ден пак нека земе две грлици или две гулапчиња, нека дојде пред Господа при влезот во Шаторот на средбата, па нека му ги предаде на свештеникот.\n15 Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи покривање на гревот, пред Господа, од неговиот излив.’\n16 ‘Кога човекот има семеизлив, нека го искапе во вода целото свое тело и нека остане нечист до вечерта.\n17 Секоја облека и секоја кожа на која ќе падне таков семеизлив нека биде испрана во вода и нека остане нечиста до вечерта.\n18 Ако некоја жена легне со својот маж и тој исфрли семе, нека се искапат и нека бидат нечисти до вечерта.’\n19 ‘Кога жената има крварење, излив на крв од своето тело, нека остане во својата нечистота седум дена; кој ќе ја допре неа, нека биде нечист до вечерта.\n20 На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.\n21 Кој ќе ја допре нејзината постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.\n22 Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.\n23 А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на предметот на кој што седела таа, нека е нечист до вечерта.\n24 Ако некој маж преспие со неа, нејзината нечистота се прилепува до него, и нека биде нечист седум дена. Секоја постела на која ќе легне тој, нека е нечиста.’\n25 ‘Ако жената има крварење подолго време надвор од својот месечен ред, или ако нејзиниот месечен ред продолжува, нека биде сметана за нечиста за цело време на крварењето, како да се денови на нејзиниот месечен ред.\n26 Секоја постела на која ќе легне, за сето време на нејзиното крварење, ќе и биде како и постелата за време на нејзиниот месечен ред. И секој предмет на кој ќе седне нека стане нечист како што би бил нечист за време на нејзиниот месечен ред.\n27 А секој што ќе ги допре нека биде нечист; нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.\n28 Ако оздрави од своето крварење, нека изброи седум дена, и потоа нека биде чиста.\n29 На осмиот ден нека земе две грлици или две гулапчиња па нека му ги донесе на свештеникот при влезот во Шаторот на средбата.\n30 Свештеникот нека ги принесе: едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи да и се покрие гревот пред Господа, од нејзиното нечисто крварење.’\n31 ‘Така одделувајте ги Израелците од нивните нечистотии, за да не изумрат заради нив, обесветувајќи го Мојот Шатор што се наоѓа среде нив.’\n32 ‘Тоа е закон за човек, кој има излив; за оној кого семеизливот го прави нечист;\n33 за жена во време на нечистотата на нејзиниот месечен ред; за секого - било машко било женско - што ќе има излив, а така и за оној што ќе преспие со нечиста од крварење.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 837, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6410", "title": "Трета книга Мојсеева/ 14 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Ова нека ви биде закон за лепрозниот во денот на неговото очистување: нека биде доведен при свештеникот;\n3 свештеникот нека излезе надвор од логорот и нека го изврши прегледот. Ако утврди дека лепрозниот оздравел од лепрата,\n4 нека нареди да се земат, за човекот што се очистува: две птици, чисти и живи, кедрово дрво, црвено предено и босилек.\n5 Потоа свештеникот нека нареди да биде заклана едната птица над жива вода во глинен сад.\n6 Потоа нека ја земе живата птица, а тогаш нека ги натопи заедно: кедровото дрво, црвената волна и босилекот во крвта на птицата, заклана над живата вода.\n7 И нека го попрска седум пати оној, кој се очистува од лепрата и нека го прогласи за чист, а живата птица нека ја пушти во полето.\n8 Очистуваниот нека ја испере својата облека, нека ги истриже сите свои влакна, нека се искапе во вода и ќе биде чист. Потоа нека влезе во логорот, но нека живее седум дена надвор од својот шатор.\n9 На седмиот ден нека ги избричи сите свои влакна: косата, брадата и веѓите; нека ги избричи сите други свои влакна. Откако ќе ја испере својата облека и откако ќе го измие своето тело во вода, ќе биде чист.”\n10 „На осмиот ден нека земе: две машки јагниња, без недостаток, едно женско јагне годиначе, исто така без недостаток, три десетини ефа чисто брашно за лебен принос, месено со масло, и една мерка масло.\n11 Свештеникот што го врши очистувањето нека ги стави пред Господа при влезот во Шаторот на средбата, со човекот, кој треба да се очисти.\n12 Потоа свештеникот нека земе едно машко јагне, па нека го принесе, со една мерка масло, како жртва за престап. Нека ги принесе пред Господа како движен принос.\n13 Нека го заколе јагнето таму каде што се колат жртвите за грев и палениците - на светото место; зашто приносот за престап и приносот за грев му припаѓаат на свештеникот: тоа е пресвето.\n14 И свештеникот нека земе од крвта на жртвата за престап и нека му стави на крајот од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.\n15 Потоа свештеникот нека земе елеј од чашата и нека го излие во дланот на левата рака.\n16 Откако свештеникот ќе го стави својот десен прст во елејот што е во левата дланка, нека изврши, со елејот од својот прст, прскање пред Господа седум пати.\n17 Од елејот што ќе му остане во дланката, свештеникот нека ги помаже, врз крвта од приносот за престап: крајот на десното уво, палецот на десната рака и палецот на десната нога на оној, кој се очистува.\n18 А останатиот елеј, што е во дланката на свештеникот, нека го положи на главата на очистуваниот. И свештеникот ќе направи покривање на гревот за него, пред Господа.\n19 Потоа свештеникот нека принесе жртва за грев за да се покрие гревот на тој кој се очистува; после тоа нека ја заколе паленицата.\n20 И свештеникот ќе ги положи паленицата и лебниот принос на жртвеникот. И свештеникот ќе направи покривање на гревот и ќе биде чист.”\n21 „Ако е беден па не може да го набави тоа, нека земе само едно машко јагне за жртва за престап за вртење, за да се покрие неговиот грев, и една десетина ефа чисто брашно за лебен принос, месено со масло, една мерка масло,\n22 и две грлици или две гулапчиња - според неговите можности - едното за принос за грев, а другото за паленица.\n23 На осмиот ден на своето очистување нека ги донесе кај свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, пред Господа.\n24 Свештеникот нека ги земе јагнето за приносот за престап и едната мерка елејот, па нека ги принесе пред Господа како вртена жртва.\n25 Таму нека биде заклано јагнето на приносот за престап; а свештеникот нека земе крв од него и со неа нека ги намачка: крајот на десното уво, палецот на десната рака и палецот на десната нога на очистуваниот.\n26 Потоа свештеникот нека налее елеј во својата лева дланка.\n27 А тогаш, со елејот што му е во дланката на левата рака, нека изврши прскање, седум пати, со прстот на својата десна рака, пред Господа.\n28 Од елејот во својата дланка свештеникот нека ги помаже, врз крвта на жртвата за престап: крајот на десното уво, палецот на десната рака и палецот на десната нога на оној, кој се очистува.\n29 А остатокот од елејот, во неговата дланка, свештеникот нека го положи на главата на очистуваниот, за да го покрие гревот пред Господа.\n30 Па нека принесе една од двете грлици или едното од двете гулапчиња - што можеше да ги набави -\n31 како жртва за грев, а другата како паленица заедно со лебен принос. Свештеникот нека направи да се покрие гревот пред Господа на оној, кој се очистува.\n32 Тоа е закон за заразен со лепра, кој не може да се снабди со сè за своето очистување.”\n33 Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n34 „Кога ќе влезете во Ханаанската Земја што ќе ви ја дадам во наследство, и кога ќе пуштам лепра на некоја куќа во земјата што ќе ја заземете,\n35 тогаш оној чија е куќата нека дојде кај свештеникот и нека рече: ‘Ми се чини дека мојот дом е заразен со лепра.’\n36 Свештеникот нека нареди да биде испразнета куќата, пред тој да дојде да ја прегледа куќата, за да не биде прогласено за нечисто сè што е во куќата; потоа свештеникот нека влезе да ја прегледа куќата.\n37 Ако по прегледот забележи дека заразата на куќните ѕидови се состои од зеленкасти или црвенкасти вдлабнатини и ако му се стори дека се спуштаат подлабоко од поврвнината на ѕидот,\n38 свештеникот нека излезе од домот низ куќната врата и нека ја затвори куќата за седум дена.\n39 На седмиот ден свештеникот нека дојде повторно и нека ја прегледа; ако заразата се проширила по ѕидовите на куќата,\n40 свештеникот нека нареди да се извадат заразените камења и да бидат исфрлени на некое нечисто место надвор од градот.\n41 Потоа нека заповеда да се истружат сите внатрешни ѕидови на куќата и иструганиот прав да биде фрлен на некое нечисто место надвор од градот.\n42 Па нека земат други камења и нека ги вметнат место оние камења. И нека земат друга вар и нека ја варосаат куќата повторно.”\n43 „Ако заразата се појави пак, откако беа извадени камењата, а куќата истругана и пак варосана,\n44 свештеникот нека отиде да прегледа: ако заразата се раширила по куќата, тогаш тоа е заразна лепра; куќата е нечиста.\n45 Домот нека биде урнат, а неговите камења, неговите дрвени делови и сета вар нека бидат однесени надвор од градот на некое нечисто место.\n46 Кој ќе влезе во куќата додека е затворена нека биде нечист до вечерта.\n47 Кој ќе спие во куќата, треба да ја испере својата облека. И кој ќе јаде во куќата, треба да ја испере својата облека.”\n48 „Ако свештеникот дојде и види дека заразата не се раширила по куќата, откако куќата беше варосана повторно, свештеникот нека ја прогласи куќата за чиста, зашто заразата ја нема.\n49 А за очистување на куќата нека земе: две птици, кедрово дрво, црвено предено и босилек.\n50 Нека заколе една од птиците над жива вода во глинен сад.\n51 Потоа нека ги земе: кедровото дрво, босилекот, црвената нишка и живата птица и нека ги накваси во крвта на закланата птица и во живата вода, па нека ја попрска куќата седум пати.\n52 Откако ќе ја очисти така куќата со крвта на птицата, со живата вода, со живата птица, со кедровото дрво и со црвената нишка,\n53 нека ја пушти живата птица надвор од градот во полето; и ќе го очисти домот, и ќе биде чист.”\n54 „Тоа е закон за секаков вид лепра и јадеж,\n55 за лепра на облека или на куќа,\n56 за оток, лишаи или дамки,\n57 за да покажува кога е тоа нечисто, а кога е чисто. Тоа е закон за лепрата.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1331, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6414", "title": "Трета книга Мојсеева/ 16 глава", "text": "1 По смртта на двајцата Аронови синови, кои загинаа принесувајќи му на Господа непосветен оган, Господ му проговори на Мојсеја:\n2 Господ му рече на Мојсеја: „Кажи му на брата си Арона да не влегува во секое време во Светилиштето зад завесата, пред Очистилиштето, што е врз ковчегот за да не загине. Зашто Јас ќе се појавувам над Капакот во облак.\n3 Арон нека влегува во Светилиштето вака: со јунец за принос за грев и со овен за паленица.\n4 Нека се облече во осветен ленен хитон-кошула; нека облече ленени гаќи на своето тело; нека се препаше со ленен појас, а на главата нека стави ленена митра-капа. Тоа се свети облеки, што ќе ги облече откако ќе се искапе во вода.\n5 И нека прими од Израелевата заедница: два јарци за принос за грев и еден овен за паленица.”\n6 „Откако Арон ќе го принесе јунецот за принос за грев за себе и ќе направи покривање на гревот за себеси и својот дом,\n7 нека ги земе двата јарци и нека ги стави пред Господа при влезот во Шаторот на средбата.\n8 Арон нека фрли жрепка за двата јарци и нека го одреди едниот со жрепка за Господа, а другиот за отпуштање.\n9 Арон нека го принесе за жртва за грев јарецот, на кого жрепката падна да биде Господов.\n10 А јарецот на кого жрепката падна да биде за отпуштање, нека биде поставен жив пред Господа, за да биде извршено покривање на гревот со него и за да биде испратен во пустината за отпуштување, (и за да ги понесе на себе нивните безаконија во непроодна земја).\n11 „Потоа Арон нека приведе јунец за принос за грев за себе и нека направи покривање на гревот за себеси и својот дом; и нека го заколе јунецот како жртва за грев за себе.\n12 Потоа нека земе кадилница, полна со вжарени јаглења од жртвеникот, што е пред Господа, и два полни грста благомирислив темјан, истолчен во прав. Нека го внесе тоа зад завесата.\n13 Сега нека го стави темјанот во огнот пред Господа, за димот од темјан да го покрие Капакот над Сведоштвото. Така нема да загине.\n14 Потоа нека земе крв од јунецот и нека ја попрска, со својот прст, источната страна на Капакот; а пред Капакот нека попрска со својот прст седум пати со крвта.\n15 Потоа нека го заколе јарецот за принос за грев за народот; нека ја внесе неговата крв зад завесата и нека направи со неговата крв како што сторил со крвта од јунецот: нека попрска со неа по Капакот и пред него.\n16 И ќе го покрие од грев Светилиштето заради нечистотиите на Израелевите синови и од нивните престапи, во сите нивни гревови. А така нека направи и за Шаторот на средбата што се наоѓа среде нив, меѓу нивните нечистотии.\n17 Кога тој ќе влезе да го очистува Светилиштето, нека нема никој друг во Шаторот на средбата додека не излезе тој. Откако ќе го изврши очистувањето за себе, за својот дом и за целото Израелско општество,\n18 нека отиде кон жртвеникот што се наоѓа пред Господа и нека го очисти, па нека земе крв од јунецот и крв од јарецот и нека ја положи на роговите на жртвеникот од сите страни.\n19 Нека го попрска жртвеникот, со својот прст, од истата крв седум пати. Така ќе го очисти, и ќе го освети, од нечистотиите на Израелевите синови.”\n20 „Кога ќе го сврши очистувањето на Светилиштето, Шаторот на средбата и жртвеникот, нека го приведе живиот јарец.\n21 Арон нека ги стави своите раце на главата на живиот јарец и нека ги исповеда над него сите беззаконија на Израелците, сите нивни престапи и сите нивни гревови. Откако ќе ги положи така на главата на јарецот, нека го испрати во пустината преку раката на определениот човек за тоа.\n22 Така јарецот ќе ги однесе со себе сите нивни беззаконија во непроодна земја и тој нека го пушти јарецот во пустина.”\n23 „А Арон нека влезе во Шаторот на средбата, нека ги соблече од себе ленените облеки, во кои беше облечен кога влегуваше во Светилиштето, и нека ги остави таму.\n24 Потоа нека го измие своето тело со вода на свето место и нека ја облече на себе својата облека, па нека излезе за да ги принесе: својата жртва паленица и паленицата на народот и ќе се очисти себеси, и народот.\n25 А лојот од жртвата за грев нека го изгори на жртвеникот.\n26 Оној кој го одведе јарецот на отпуштање нека ја испере својата облека, нека го измие своето тело во вода, и потоа пак може да влезе во логорот.\n27 А јунецот за грев и јарецот за грев, чија крв беше внесена во Светилиштето за покривање на гревот, нека ги изнесат надвор од логорот па нека ги изгорат во оган нивните кожи, нивното месо и нивната нечистота.\n28 Кој ќе ги гори, нека ја испере својата облека, нека го искапе своето тело во вода, и после тоа пак може да дојде во логорот.”\n29 „Овој закон нека биде вечен за вас: во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, смирете ги вашите души и не вршете никаква работа: ни домородецот ни странецот, кој е населен меѓу вас.\n30 Зашто на тој ден ќе биде извршено над вас покривање на гревовите, за да бидете чисти, пред Господа, од сите ваши гревови.\n31 Нека ви биде тоа саботна починка, за да ги успокоите вашите души. Тоа е вечен закон.\n32 Покривањето на гревовите нека го изврши оној свештеник, кој е помазан и посветен за вршење на свештеничка служба место татка си. Нека се облече во ленени облеки - свети облеки.\n33 Тој нека направи очистување на Светилиштето, очистување на Шаторот на средбата и жртвеникот; и нека ги очисти свештениците и целото народно општество.\n34 Така, ова нека биде за вас вечен закон: еднаш годишно да бидат очистувани Израелевите синови од сите нивни гревови.” Тој направи како што Господ му нареди на Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 987, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6408", "title": "Трета книга Мојсеева/ 13 глава", "text": "1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n2 „Ако некому му се појави на кожата оток или лишај или дамки; што би било навестување на лепра врз кожата на неговото тело; таквиот нека биде доведен при свештеникот Арон или при некој од неговите синови - свештеници.\n3 Свештеникот нека го прегледа заразеното место на кожата на неговото тело. Ако влакната на заразеното место се побелени, и изгледа дека тоа е подлабоко од кожата на неговото тело, тогаш тоа е лепра. Откако свештеникот ќе го прегледа, нека го прогласи за нечист.\n4 Но ако се покаже дека белата дамка на кожата на неговото тело не е подлабоко отколку и кожата, а влакната на неа не побелеани, тогаш свештеникот нека го осами болниот седум денови.\n5 Свештеникот нека го прегледа пак на седмиот ден. Ако утврди со своите очи дека заразата постои уште, но не се шири повеќе по кожата, нека го осами уште седум денови.\n6 Нека го прегледа пак на седмиот ден. Ако заразеното место биде помалку забележливо, а болеста не се проширила по кожата, нека го прогласи за чист: тоа е само лишај. Откако ќе ги испере своите облеки, ќе биде чист.\n7 Но ако лишајот се прошири по кожата, откако свештеникот го прегледал болниот и го прогласил за чист, нека се јави пак пред свештеникот.\n8 Откако свештеникот ќе види дека лишајот се проширил по кожата нека го прогласи за нечист: тоа е лепра.”\n9 „Ако се појави лепра на некој, нека го доведат при свештеникот.\n10 Свештеникот нека го прегледа. Ако на кожата има бел оток со побелени влакна и со напнат чир,\n11 тоа е длабоко вкоренета лепра по кожата на неговото тело. Свештеникот нека го прогласи за нечист и нека го затвори, зашто тој е нечист.\n12 Ако лепрата се опсипе по кожата така што ја покрива целата кожа на болниот од главата до нозете - сè што можат да видат свештениковите очи,\n13 и свештеникот согледа дека лепрата го покрила целото негово тело, нека го прогласи болниот за чист; зашто сè се претворило во бело; тој е чист.\n14 Но во денот кога ќе се појави чир на него, ќе биде нечист.\n15 Кога свештеникот ќе го види чирот, нека го прогласи болниот за нечист, тоа е лепра.\n16 Но ако чирот се измени во бело, човекот нека дојде кај свештеникот.\n17 Свештеникот нека го прегледа: ако раната побелела, свештеникот нека го прогласи болниот за чист - тој е чист.”\n18 „Кога некому ќе му се појави чир на кожата и оздравел,\n19 и ако таму каде што бил чирот се појави бел оток или местото избледнее и побели, или ако се појави белоцрвеникава дамка, човекот нека му се покаже на свештеникот.\n20 Свештеникот нека го прегледа. Ако најде дека кожата е подлабока, а влакната се побелени, свештеникот нека го прогласи за нечист - тогаш тоа е лепра што избувнала од чирот.\n21 Ако свештеникот утврди дека влакната не побелеле тука, дека кожата не е подлабока отколку на друго место, дека местото не темнее, нека го одвои болниот седум дена.\n22 Ако му се прошири болеста по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист - тоа е лепра.\n23 Ако дамката остане на местото и не се прошири, тоа е струп од чирот. Свештеникот нека го прогласи човекот за чист.”\n24 „Ако некој има изгореница на кожата, па на изгореното место се појави белоцрвено или бела дамка,\n25 свештеникот нека го прегледа тоа. Ако влакната на местото побелат и ако изгледа дека тоа место е подлабоко од кожата, тогаш тоа е лепра што избувна од изгореницата. Свештеникот нека го прогласи за нечист: тоа е лепра.\n26 Но ако свештеникот утврди дека влакната не побелеле, дека местото не е подлабоко од кожата и дека е малку забележливо при тоа, нека го оддели сам седум денови.\n27 Нека го прегледа на седмиот ден: ако дамката се проширила по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист - тоа е лепра.\n28 Ако дамката остане на местото и не се рашири по кожата, тогаш тоа е оток од изгореницата. Свештеникот нека го прогласи човекот за чист: тоа е струп од изгореница.”\n29 „Ако се појави болест на главата или на брадата на некој маж или жена,\n30 свештеникот нека ја прегледа болеста. Ако утврди дека е подлабока од кожата и дека таму влакната пожолтеле и се истенчиле, свештеникот нека го прогласи болниот за нечист. Тоа е јадеж, односно лепра на главата или на брадата.\n31 Но ако свештеникот, откако го прегледа заболеното место, утврди дека не е подлабоко од кожата и дека таму сепак нема црни влакна, свештеникот нека го отстрани јадежливиот за седум денови.\n32 На седмиот ден нека го прегледа: ако јадежот не се проширил ниту влакната пожолтеле, па ако изгледа дека јадежот не е подлабок од кожата,\n33 болниот нека се избричи - но местото на јадежот нека не го бричи - и свештеникот нека го отстрани за други седум денови.\n34 На седмиот ден свештеникот нека го прегледа пак јадежливото место. Ако јадежот не се проширил по кожата, и изгледа дека не е подлабок од кожата, свештеникот нека го прогласи болниот за чист. Тој нека ја испере својата облека и ќе биде чист.\n35 Ако се прошири јадежот по кожата откако беше прогласен за чист,\n36 свештеникот нека го прегледа повторно. Ако јадежот се проширил по кожата - свештеникот веќе и нека не бара жолти влакна - болниот е нечист.\n37 Но ако забележи дека јадежот застана и дека никнаа црни влакна, јадежот е заздравен - тој е чист. Свештеникот нека го прогласи за чист.”\n38 „Ако на кожата на некој маж или жена се појават пеги, па ако се тие пеги бели,\n39 свештеникот нека ги прегледа. Ако пегите по кожата бидат темнобели, тогаш тоа се лишаи што избувнале по кожата: болниот е чист.”\n40 „Ако некому му испаѓа косата од главата; тој е ќелав; тој е чист.\n41 Ако му испаѓа косата однапред на главата, тој е ќелав на челото, но е чист.\n42 Но ако на ќелавоста или однапред од челото се појави црвенобела болест, тоа е лепра што избувнала на неговата ќелавост или однапред од челото.\n43 Свештеникот нека го прегледа. Ако утврди дека дамките се - на ќелавоста или однапред од челото - белоцрвени, на изглед како и лепрата по кожата на телото;\n44 човекот станал лепрозен, нечист е. Свештеникот треба да го прогласи за нечист - лепрата му е на главата.”\n45 „Оној што ќе стане лепрозен, нека носи распарана облека; косата нека му е непокриена; тој е должен да биде покриен до горната усна и да вика: ‘Нечист! Нечист!’\n46 Сè додека е болеста на него нека биде нечист; тој е нечист; нека живее насамо: неговиот дом нека биде надвор од живеалиштето.”\n47 „Кога заразата на лепрата се појави на облеката, било на волнена било на ленена,\n48 или на основа или на потка од лен или од волна; или на кожа, или на каков и да е кожен предмет;\n49 па ако дамките на облеката или на кожата, на основата или на потката, или на каков и да е кожен предмет, биде зеленикаво или црвеникаво, тоа е лепра; па нека му се покаже на свештеник.\n50 Свештеникот, откако ќе прегледа што е заразено, нека го стави тоа настрана за седум дена.\n51 А на седмиот ден нека ја прегледа заразата. Ако заразата се проширила по облеката, по основата или потката, или по кожата, или по каков и да е кожен предмет, тоа е заразна лепра. Работата е нечиста.\n52 Таа облека - било основата било потката, од волна или од лен, или некаквиот кожен предмет за кого заразата се прилепила - се заразила со лепра, нека се изгори во оган.”\n53 „Но ако свештеникот види дека заразата не се проширила по облеката - ни по основата ни по потката, ниту по каков и да е предмет од кожа,\n54 тогаш нека нареди да биде испрана заразената работа. Потоа нека ја остави повторно насамо седум денови.\n55 А ако свештеникот, откако работата била испрана, забележи дека заразеното место не се изменило, сепак, иако болеста не се раширила, работата е нечиста. Нека биде изгорена во оган: гнила е и внатре и однадвор.”\n56 „Ако свештеникот забележи дека болеста се намалува по перењето, нека го отсече тоа место, било да е тоа на облеката или на кожата, на основата или на потката.\n57 Ако се појави пак на облеката или на кожата, на основата или на потката, или на каков и да е кожен предмет, тогаш тоа е зараза, и заразениот предмет нека биде изгорен во оган.\n58 Но ако болеста ја снема од облеката - од основата или од потката - или од каков и да е кожен предмет откако бидат испрани; нека бидат испрани повторно и ќе бидат чисти.”\n59 „Тоа е закон за болеста лепра на облека од волна или од лен - на основата или на потката - или на каков и да е предмет од кожа, за да бидат прогласени за чисти или за нечисти.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1476, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6418", "title": "Трета книга Мојсеева/ 18 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Јас Сум Господ, ваш Бог.\n3 Не правете како што се прави во Египетската Земја, каде престојувавте; ниту правете како што се прави во Ханаанската Земја, каде ве водам; не поведувајте се по нивните обичаи!\n4 Исполнувајте ги Моите закони; исполнувајте ги Моите заповеди; одете според нив. Јас Сум Господ, ваш Бог.\n5 Затоа, пазете ги Моите закони и Моите наредби: кој ќе ги исполнува, ќе биде жив. Јас Сум Господ!’\n6 ‘Никој од вас нека не и се доближува на крвна роднина, за да ја открие нејзината голота. Јас Сум Господ!\n7 Не откривај ја голотата на татка ти ни голотата на мајка ти. Мајка ти е, не ја откривај нејзината голота.\n8 Не ја откривај голотата на жената на татка ти; тоа е голота на твојот татко!\n9 Не ја откривај голотата на сестра си - на ќерката на татка ти или на ќерката на мајка ти - било да е родена во куќата или надвор од неа!\n10 Не ја откривај срамотата на ќерката на твојот син, ниту на ќерката на твојата ќерка! Па нивната срамота е твоја сопствена срамота.\n11 Не откривај ја голотата на ќерката на жената на татка ти! Зашто, родена од татка ти, таа ти е сестра.\n12 Не откривај ја голотата на сестрата на твојот татко! Па таа е крв на татка ти.\n13 Не откривај ја ни срамотата на сестрата на мајка ти! Па и таа е крв на твојата мајка!\n14 Не откривај ја срамотата на татковиот брат! И не приближувај и се на неговата жена; таа е твоја стрина.\n15 Не откривај ја голотата на твојата снаа! Таа е жена на сина ти. Не ја откривај нејзината голота.\n16 Не ја откривај голотата на жената на твојот брат! Тоа е голота на брата ти.\n17 Не ја откривај голотата на некоја жена и на нејзината ќерка! Не жени се со ќерката на нејзиниот син, ниту со ќерката на нејзината ќерка, за да им ја откриеш голотата; тие и се еднокрвни; тоа е беззаконие.\n18 Не земај за себе некоја жена заедно со сестра и, за да и ја направиш соперничка; за да и ја откриеш преку неа, голотата, додека оваа е жива.’\n19 ‘Не приближувај и се на жена кога е во нечистотата на својот месечен ред, за да и ја откриеш голотата!\n20 Не легнувај со жената на твојот ближен; ќе се онечистиш со неа.\n21 Не дозволувај некое твое дете да му биде жртвувано на Молоха; не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас Сум Господ!\n22 Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.\n23 Да не си легнал ниту со некое животно, ќе се онечистиш од него. И жената не смее да застане пред животно, за да се спари со него. Тоа е гнасно и бесрамно.’\n24 ‘Не се онечистувајте со ништо од тоа! Со сè тоа се онечистуваат народите, што Јас ги гонам пред вас.\n25 И земјата стана нечиста. Затоа ќе ја казнам за нејзините гревови, па земјата ќе ги изблува своите жители.\n26 Вие пак пазете ги Моите заповеди и Моите закони: не правете ниту едно од тие гнасни нешта - ни вие ни странецот, што живее меѓу вас.\n27 Зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на оваа земја, што е пред вас; и земјата стана загадена;\n28 за да не ве изблува и вас земјата од себе, кога вие ќе почнете да ја загадувате, како што таа ги изблува народите, кои беа пред вас.\n29 Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.\n30 Затоа пазете ги Моите повелби, за да не постапувате според гнасните обичаи, според кои постапуваа пред вас, и за да не се онечистите со нив. Јас Сум Господ, ваш Бог!’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 650, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6420", "title": "Трета книга Мојсеева/ 19 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Зборувај му на целото општество на Израелевите синови и речи им: ‘Бидете свети, зашто Сум свет Јас Господ, ваш Бог!\n3 Бојте се секој од својата мајка и од својот татко; и пазете ги Моите саботи; Јас Сум Господ, ваш Бог!\n4 Не обратувајте им се на идолите и не правете си леани богови. Јас Сум Господ, ваш Бог!’\n5 ‘Кога ќе Му принесувате на Господа помирителна жртва, принесете ја така за да биде примена.\n6 Изедете ја на денот на принесувањето или утреден. Што ќе остане за задутре нека биде изгорено во оган.\n7 Ако се јаде од неа на третиот ден, ќе биде одвратно; а жртвата нема да биде примена.\n8 А кој ќе јаде нека ги понесе последиците од гревот; зашто тој ја онечистил Господовата светина; таквиот нека биде истребен од својот народ!’\n9 ‘Кога ќе жниете жетва во вашата земја, не дожневајте ги до крај вашите ниви; ниту собирајте ги класовите по вашата жетва.\n10 Не бери го повторно твоето лозје; не собирај ги паднатите зрна во твоето лозје; туку остави ги за бедните и за странецот! Јас Сум Господ, ваш Бог.’\n11 ’Не крадете; не лажете го и не мамете го својот ближен.\n12 Не колнете се лажно во Моето име и не осквернувај го името на твојот Бог. Јас Сум Господ!\n13 Не искористувај го твојот ближен, ниту го ограбувај! Платата на наемникот нека не остане кај тебе до утрото.\n14 Не проколнувај го глувиот, ниту ставај пречка пред слепиот. Бој се од твојот Бог! Јас Сум Господ!’\n15 ‘Не правете неправди во судот! Не биди пристрасен кон бедниот, ниту попуштај пред големиот: суди му по правда на твојот ближен!\n16 Не разнесувај клевети меѓу твојот народ и не станувај против животот на твојот ближен. Јас Сум Господ!’\n17 ‘Не мрази го твојот брат во твоето срце! Должност ти е да го кориш твојот ближен, така не ќе паднеш во грев заради него.\n18 Не се одмаздувај и немај злоба кон синовите на твојот народ. Љуби го својот ближен како себеси. Јас Сум Господ!’\n19 ‘Пазете ги Моите заповеди! Не оставај го твојот добиток да се спарува со друг вид. Не засевај ја твојата нива со два вида семе. Не облекувај се во облека од два вида ткаенина.’\n20 ‘Ако некој преспие со робинка, која е свршена за друг, но уште не е откупена ниту и е дадена слободата: треба да бидат казнети, но не со смрт, зашто таа не е слободна.\n21 Тој нека Му принесе на Господа, при влезот во Шаторот на средбата, принос за престап, овен како жртва за својот престап.\n22 И свештеникот ќе направи да му се покрие гревот, пред Господа, со овенот за престап од сторениот грев, и ќе му биде простен гревот што го направил.’\n23 ‘Кога ќе влезете во земјата и кога ќе засадите каква и да е овошка, сметајте ги нејзините плодови за необрезани. Три години нека ви бидат необрезани: не јадете ги.\n24 На четвртата година нека бидат посветени сите нејзини плодови на Господовите празнувања.\n25 А на петтата година јадете го нејзиниот плод и собирајте го нејзиниот род. Јас Сум Господ, ваш Бог!’\n26 ‘Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!\n27 Не стрижете ја косата на вашите глави кружно и не стрижете го крајот на вашите бради.\n28 Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!’\n29 ‘Не осквернувај ја твојата ќерка, дозволувајќи и да блудствува; за да не блудствува земјата и за да не се наполни земјата со разврат.\n30 Пазете ги Моите саботи, почитувајте го Моето Светилиште. Јас Сум Господ!’\n31 ‘Не обратувајте им се на повикувачите на духови и на волшебниците. Тие би ве онечистиле. Јас Сум Господ, вашиот Бог!’\n32 ‘Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот; бој се од твојот Бог. Јас Сум Господ!’\n33 ‘Ако странец се насели во вашата земја, не угнетувајте го,\n34 Туѓинецот, кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог!’\n35 ‘Не правете неправда во судот, во мерките за должина, тежина и обем.\n36 Мерките нека ви бидат точни: теговите еднакви, ефата права, инот вистински. Јас Сум Господ, вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја.\n37 Пазете ги сите Мои закони и сите Мои наредби и исполнувајте ги. Јас Сум Господ!’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 744, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6424", "title": "Трета книга Мојсеева/ 21 глава", "text": "1 И Господ му рече на Мојсеја: „Зборувај им на свештениците, на Ароновите синови, и речи им: ‘Нека не се онечистуваат со допирање на покојник во својот народ,\n2 освен за свои најблиски роднини: за мајка си, за татка си, за синот, за ќерката и за братот,\n3 и за својата сестра, девица, која му е најблиска крвна роднина, која живее при него и не била мажена.\n4 Но нека не се онечистува за роднините и така да стане нечист.\n5 Нека не ја бричат главата; нека не ги стрижат краиштата на своите бради, ниту да прават засеци на своето тело.\n6 Нека Му бидат свети на својот Бог; нека не го обесветуваат името на својот Бог, зашто тие принесуваат палени жртви на Господа, леб на својот Бог; затоа треба да бидат свети.\n7 Нека не се женат со блудница и со обесчестена; ниту смеат да се женат со онаа, која нејзиниот маж ја отпуштил, зашто тие се свети на својот Бог.\n8 И нека биде осветен, зашто тој го принесува лебот на твојот Бог; нека ти биде свет, зашто Сум свет Јас, Господ, Кој ве осветува вас.\n9 Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.’\n10 ‘А велесвештеникот од своите браќа, на чија глава е излеано масло за помазание и кој е осветен да носи света облека, нека не оди со откриена глава, ниту да ја раскинува својата облека.\n11 Нека не влегува ниту при еден мртовец; не смее да се онечистува, ниту за татка си, ниту за мајка си.\n12 Нека не излегува од Светилиштето, за да не го онечисти Светилиштето на својот Бог, зашто на себе го носи венецот на маслото со помазанието на својот Бог. Јас Сум Господ.\n13 Нека зема девица за жена.\n14 Не смее да се жени со вдовица, или со оставена од маж, или со обесчестена или со блудница; нека се жени со девица од својот народ;\n15 така нема да го загади своето потомство меѓу својот народ, зашто Јас, Господ, го осветувам.’”\n16 Господ му рече на Мојсеја:\n17 „Речи му на Арона: ‘Никој од твоите потомци, во нивните родови, кои ќе имаат некаков телесен недостаток не смее да се доближи да го принесува лебот на својот Бог.\n18 Ниеден на кого има недостаток не смее да пристапува: ни слеп, ни хром, ни со обезличен нос, ни со излишен член;\n19 ни таков кој има скршена рака или нога;\n20 ни подгрбавен, ни со сув член, ни со болни очи, ни лишав, ни јадежлив, ни килав.\n21 Ниеден човек од потомците на свештеникот Арон, кој има недостаток, нека не пристапува да принесува паленица; бидејќи има недостаток, нека не се доближува да Му принесува леб на својот Бог.\n22 Може да јаде од храната на својот Бог: од светите и од пресветите жртви;\n23 но нека не доаѓа кон завесата, ниту да му пристапува на жртвеникот, зашто има недостаток. Нека не ги обесветува Моите светилишта, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”\n24 Мојсеј им го кажа тоа на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_21_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 519, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6421", "title": "Трета книга Мојсеева/ 20 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Кажи им на Израелците: ‘Кој - Израелец или странец - ќе му го отстапи своето чедо на Молоха треба да биде погубен; народот на земјата нека го каменува.\n3 Јас ќе се свртам против тој човек и ќе го истребам од неговиот народ, зашто тој, давајќи му го своето чедо на Молоха, го онечистил Моето Светилиште и го обесчестил Моето свето име.\n4 А ако народот ги затвори своите очи над човекот, кога ќе му го даде своето чедо на Молоха, и не го погуби,\n5 Јас ќе им се спротивставам на човекот и на неговото семејство; ќе ги истребам од нивниот народ, него и сите кои, после него, ќе тргнат по Молоха да му се подаваат на блуд со Молоха.’\n6 ‘Ако некој им се обрати на повикувачи на духови и на вражалци, за да оди блудно по нив, Јас ќе се свртам против таквиот човек и ќе го истребам од неговиот народ.\n7 Осветувајте се за да бидете свети, зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.\n8 Пазете ги Моите закони и исполнувајте ги, зашто Јас Господ ве осветувам вас.\n9 Кој ќе го проколне татка си или мајка си, нека биде погубен. Зашто ги проколна татка си и мајка си, неговата крв нека падне на него.’\n10 ‘Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.\n11 Човек кој ќе легне со жената на татка си - би ја открил голотата на својот татко - обата нека бидат казнети со смрт, нивната крв нека падне на нив.\n12 Ако некој легне со својата снаа, двата нека бидат казнети со смрт. Направија родосквернавење, и нивната крв нека падне на нив.\n13 Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта, тоа е крајна гнасотија.\n14 Ако некој се ожени со ќерката и мајка и - тоа е крајна расипаност: нека бидат изгорени и тој и тие, за да нема беззаконие меѓу вас.\n15 Човек кој би општел полово со животно нека биде погубен, убијте го и животното.\n16 Ако жена отиде при какво и да е животно, за да општи полово со него; убијте ги жената и животното; нека бидат погубени, нивната крв нека падне на нив.’\n17 ‘Ако некој се ожени со својата сестра, со ќерката на татка си или со ќерката на мајка си, па ја видел нејзината голота, а таа ја видела неговата - тоа е срамно дело! - нека бидат истребени пред очите на нивниот народ. Тој ја открил голотата на својата сестра - нека го понесе своето беззаконие.\n18 Ако некој легне со жена во време на нејзиниот месечен ред и ја открил нејзината голота, го разголил изворот на нејзината крв и таа сама го открила течењето на својата крв; обата нека бидат истребени од својот народ.\n19 Не откривај ја голотата на сестрата на мајка си ниту на сестрата на татка си - тоа е откривање на голотата на својот род; тие нека го понесат своето беззаконие.\n20 Кој ќе легне со својата стрина, би ја открил голотата на стрина си. Нека ги сносат последиците на својот грев: нека умрат без пород.\n21 Ако некој би се оженил со жената на брата си - би ја открил голотата на брата си; тоа е нечисто: нека останат бездетни.’\n22 ‘Затоа пазете ги Моите закони, сите Мои заповеди, и исполнувајте ги, за да не ве изблува од себе земјата, во која што ве водам за да се населите во неа.\n23 Не постапувајте според обичаите на народите што Јас ги гонам пред вас, зашто тие го правеа сè тоа и затоа ми се згади од нив.\n24 А Јас ви реков вам: „Вие ќе ја завладеете нивната земја; ќе ви ја предадам вам во наследство: земјата во која течат млеко и мед.” Јас Сум Господ, ваш Бог, Кој ве оддели вас од сите народи.\n25 Разликувајте чисто животно од нечисто, чиста птица од нечиста; и не онечистувајте се сами себеси ни со животно, ни со птица, ниту со што и да е што ползи по земјата: што Јас ви ги одделив како нечисти.\n26 Бидете свети пред Мене, зашто Јас, Господ, Сум свет; Јас ве одделив од народите, за да бидете Мои.’\n27 ‘Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 749, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6430", "title": "Трета книга Мојсеева/ 24 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Нареди им на Израелевите синови, да ти донесат: чисто масло од истолчени маслинки за светлина, за да гори светилникот непрекратно.\n3 Арон нека го подготвува секогаш пред Господа, од вечер до утро, во Шаторот на средбата, пред завесата на Сведоштвото. Ова е вечен закон за вашите поколенија.\n4 Арон нека ги одржува непрекратно светилките на чист светилник пред Господа.”\n5 „Потоа земи чисто пченично брашно и од него испечи дванаесет погачи. Во секоја погача нека има две десетини ефа.\n6 Потоа нареди ги во два реда - по шест во ред - на чистиот стол што е пред Господа.\n7 На секој ред стави чист темјан. Тоа нека биде на лебот за спомен - принос на Господа.\n8 Во секоја сабота, постојано, нека бидат положувани пред Господа од Израелевите синови: тоа е вечен Завет.\n9 Нека им припаднат на Арона и на неговите синови, кои ќе ги јадат на свето место; зашто тоа е пресвето за нив од Господовите жртви: тоа е вечна одредба.”\n10 А синот на една Израелка, роден од татко Египетец, излезе меѓу Израелците и зафати во логорот, караница со еден Израелец.\n11 И синот на Израелката го похули името Господово и го проколна. Тогаш го доведоа при Мојсеја. Името на мајка му беше Саломита, Давриина ќерка, од Дановото племе.\n12 Го ставија под стража, додека не им се открие Господовата волја.\n13 И Господ му рече на Мојсеја:\n14 „Изведи го хулителот надвор од логорот. А сите кои го слушнаа нека ги положат своите раце на неговата глава. Тогаш целото општество нека го каменува.\n15 Потоа ќе им прозбориш на Израелците вака: ‘Кој ќе Го проколне својот Бог, ќе го понесе својот грев;\n16 кој ќе изговори хула против Господовото име, нека биде погубен - целата заедница нека го погуби со камења; било да е туѓинец или домородец, ако Го похули Господовото име, треба да умре.\n17 Кој ќе убие кој и да е друг човек, треба да и биде предаден на смртта.\n18 Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести: животно за животно.\n19 Кој ќе го повреди својот ближен, нека му биде направено како што сторил тој:\n20 скршено за скршено, око за око, заб за заб: каква повреда му направил на човекот, така да му се направи и нему.\n21 Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести; но кој ќе убие човек, треба да умре.\n22 Судот нека ви биде еднаков и за придојденикот и за домородецот, зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.’”\n23 Откако Мојсеј им го изложи тоа на Израелевите синови, го изведоа хулителот надвор од логорот и го засипаа со камења. И Израелците направија како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_24_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 451, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6426", "title": "Трета книга Мојсеева/ 22 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Речи им на Арона и на неговите синови да постапуваат внимателно со светините на Израелевите синови и да не го обесчестуваат Моето свето име во тоа, што тие Ми ги посветуваат Мене. Јас Сум Господ!\n3 Кажи им: ‘Ако некогаш некој од вашите поколенија пристапи, во состојба на нечистота, кон светите приноси, што Израелците Му ги посветуваат на Господа, тој ќе биде истребен од пред Моето лице. Јас Сум Господ.\n4 Никој од Ароновите потомци, кој ќе биде лепрозен или ќе има излив, нека не јаде од светите приноси додека не се очисти. Оној кој ќе се допре до што и да е нечисто од мртво тело или оној од кого ќе излезе семеизлив;\n5 оној кој ќе се допре до некаков лазач што го прави нечист; или до човек, од кого може да стане нечист, со каква и да е нечистота;\n6 оној кој ќе се допре до нешто такво нека биде нечист до вечерта и нека не јаде од светите приноси додека не го измие своето тело во вода.\n7 Штом сонцето ќе зајде, очистен е. Тогаш може да јаде од светите приноси, зашто тоа му е храна.\n8 Нека не јаде ни мрша ни раскинато од ѕверови, за да не се онечисти со тоа. Јас Сум Господ.\n9 Нека ги пазат Моите повелби, за да не навлечат вина врз себеси и, онечистувајќи се со неа, за да не загинат заради неа. Јас, Господ, ги осветувам нив.’\n10 ‘Ниеден туѓинец да не јаде од светината; ни свештениковиот гостин, ни наемникот, не смеат да јадат од светиот принос.\n11 Ако свештеникот купи некого за сребро, тој може да јаде како и оној, кој се родил во неговиот дом; тие можат да јадат од неговиот леб.\n12 Ако свештеникова ќерка се омажи за туѓинец, не смее да јаде од воздигнатите свети приноси.\n13 Но ако свештениковата ќерка стане вдовица или биде оставена, а нема деца, па се врати во татковата куќа, може да се храни со лебот на татка си, како во својата младост. Ниеден туѓинец не смее да јаде од него.\n14 Ако некој јаде свет принос од незнаење, нека му го надомести на свештеникот, додавајќи петина.\n15 Нека не ги сметаат за безвредни светите приноси што Израелците Му ги принесуваат на Господа.\n16 И јадејќи ги светините, би навлекле врз себе, вина за престап, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”\n17 Господ му рече на Мојсеја:\n18 „Зборувај им на Арона, на неговите синови и на сите Израелци и речи им: ‘Секој човек од Израелевиот дом или странец во Израел кој донесува свој принос - како завет или како доброволен дар, за да се принесе на Господа како паленица - за да биде примен,\n19 треба да биде принесено машко, без недостаток, било да е говедо, овца или коза.\n20 Не принесувајте ништо со недостаток на него, зашто тоа нема да ви биде примено.\n21 Ако некој му принесува на Господа помирителна жртва за да изврши некаков завет или за да направи доброволен принос, било од крупниот или од ситниот добиток, животното - за да биде примено - треба да биде без недостаток; никаков недостаток не смее да има на него.\n22 Никакво слепо или хромо, или со изместено, гушаво, со оток или со јадеж животно; такво не Му принесувајте на Господа, ниту такво положувајте врз жртвеникот како паленица на Господа.\n23 Јунец или овца со подолг или покус член можеш да принесеш како доброволен принос, но ако е жртва заветница нема да биде примена.\n24 Не принесувајте Му на Господа животно свиткано, со слаби дробови, скршено или скопено. Не правете го тоа во вашата земја,\n25 ниту примајте такво од странец за да го принесете во дар на вашиот Бог. Со недостаток се, зашто се повредени. Затоа нема да ви биде примено.’”\n26 Господ му рече на Мојсеја:\n27 „Кога ќе се роди теле, или јагне, или јаре, седум дена нека остане покрај својата мајка. Од осмиот ден може да биде примено како паленица на Господа.\n28 Не колете крава, ни овца, во ист ден со нејзиното младо.\n29 Кога ќе Му принесувате на Господа жртва благодарствена, принесете ја така за да биде примена.\n30 Нека биде изедена во истиот ден; не оставајте од неа за наутро. Јас Сум Господ!”\n31 „Пазете ги Моите заповеди и исполнувајте ги. Јас Сум Господ!\n32 Не обесчестувајте го Моето свето име, за да бидам свет среде Израелевите синови. Јас Сум Господ, Кој ве осветувам.\n33 Јас, Кој ве избавив од Египетската Земја за да бидам ваш Бог, Јас Господ.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_22_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 756, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6428", "title": "Трета книга Мојсеева/ 23 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Господовите празници, што ќе ги свикувате, се свети собири. Овие се Мои празници:\n3 Шест дена се работи, а седмиот е сабота - ден на потполн одмор, свет собир, кога не смеете да работите никаква работа. Тоа е Господова сабота во сите ваши живеалишта.’\n4 ‘А ова се Господови празници - свети собранија - што ќе ги свикувате во нивно одредено време:\n5 Во првиот месец на четиринаесеттиот ден во примрак е Господова Пасха;\n6 на петнаесеттиот ден на месецот е Празник на бесквасните лебови на Господ - седум дена јадете бесквасен леб.\n7 На првиот ден нека ви биде свето собрание; не работите никаква работа.\n8 И во тек на седумте денови принесувајте Му жртви на Господа, а на седмиот ден пак нека биде свето собрание; не работите никаква работа.’”\n9 Господ Му рече на Мојсеја:\n10 „Кажи им на Израелците и речи им: ‘Кога ќе влезете во земјата, што ви ја давам, и кога ќе ја пожнеете во неа жетвата, донесете му го на свештеникот првиот сноп на својата жетва.\n11 Тој нека го раздвижи снопот пред Господа, за да биде примен за вас; свештеникот нека го раздвижи утреден по саботата.\n12 А во денот на раздвижувањето на снопот, принесете Му на Господа јагне годиначе, без недостаток како паленица.\n13 Покрај тоа лебен принос: две десетини ефа чисто пченично брашно, замесено со масло, како палена жртва на Господа, за пријатен мирис; а со неа налевница од вино: четвртина ин.\n14 Пред тој ден - додека не ги донесете приносите на вашиот Бог - не смеете да јадете ни леб, ни пржени зрна, ни свежи класови. Тоа е вечен закон за вашите поколенија каде и да престојувате вие.’\n15 ‘А почнувајќи од утрешниот ден по саботата - денот во кој донесувате сноп за движен принос - избројте полни седум седмици.\n16 Тогаш на денот по седмата сабота, на Педесетница, принесете Му на Господа нов лебен принос.\n17 Донесете му од вашите живеалишта по два леба за движен принос. Секој нека биде од две десетини ефа чисто брашно; нека бидат испечени со квас, како првини на Господа.\n18 Со лебот принесете седум јагниња годиначиња без недостаток, еден јунец и два овна како паленица на Господа, заедно со лебен принос и налевница, палена жртва за благопријатен мирис на Господа.\n19 Принесете исто и еден јарец како жртва за грев, а две јагниња годиначиња за помирителна жртва.\n20 Свештеникот нека ги принесе пред Господа како движен принос со лебот од првите плодови. Покрај двете јагниња и ова е свето на Господа, и нека му припадне на свештеникот.\n21 На истиот ден свикајте собир, нека ви биде свет собир, не работите никаква работа. Тоа е вечен закон за вашите поколенија каде и да живеете вие.\n22 Кога ќе ја жнеете жетвата на вашата земја, не дожневајте ги докрај вашите ниви, ниту собирајте после вашата жетва. Остави им го тоа на бедните и на придојдениците. Јас Сум Господ, ваш Бог.’”\n23 Господ му рече на Мојсеја:\n24 „Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Во седмиот месец, на првиот ден на месецот, нека ви биде потполн одмор, прогласен со звук на труби, свет собир.\n25 Не работите никаква работа и принесете Му жртва на Господа.’”\n26 Господ му рече на Мојсеја:\n27 „Освен тоа, на десеттиот ден на тој месец се паѓа Денот на Очистувањето - имајте свето собрание; смирете ги вашите души и принесете Му жртва на Господа.\n28 Никаква работа не работите во тој ден; зашто тоа е Ден на Очистување, за да ве очисти вас пред Господа, вашиот Бог.\n29 А секоја душа, која не ќе се смири во тој ден, ќе биде истребена од својот народ.\n30 А кој би работел некаква работа во тој ден, Јас ќе го истребам него од неговиот народ.\n31 Не работите никаква работа; тоа е вечен закон за вашите поколенија, во сите ваши живеалишта.\n32 Тоа нека ви биде сабота на починка; смирете ги вашите души! Вечерта на деветтиот ден на месецот - од вечер до вечер - празнувајте ја вашата сабота.”\n33 Господ му рече на Мојсеја:\n34 „Речи им на Израелците: ‘Од петнаесеттиот ден на седмиот месец нека се празнува седум дена Празникот на сениците, во чест на Господа.\n35 На првиот ден, во денот на светиот собир, не работите никаква работа.\n36 Седум дена принесувајте Му жртва на Господа. На осмиот ден нека ви биде свето собрание, кога ќе Му принесете жртва на Господа. Тоа е свечено собрание, не работите никаква работа.’\n37 ‘Тоа се Господови празници, во кои ќе свикувате свети собранија, за да Му принесувате жртви на Господа: паленици, лебни приноси, жртви закланици и налевници, секоја во нејзин определен ден,\n38 освен Господовите саботи, и освен вашите дарови, освен вашите завети и освен доброволните подароци што Му ги принесувате на Господа.’\n39 ‘А на петнаесеттиот ден во седмиот месец, откако ќе ги соберете плодовите на земјата, празнувајте Господов празник седум дена. На првиот и на осмиот ден нека е починка.\n40 На првиот ден земете: убави плодови, палмини гранки; гранчиња од широколисни дрва и од речни врби, и веселете се пред вашиот Господ Бог седум дена.\n41 Прославувајте го Господовиот празник седум дена во годината. Тоа е вечен закон за вашите родови. Празнувајте го во седмиот месец.\n42 Живејте под шатори седум дена. Сите родени Израелци нека престојуваат под шаторите,\n43 за да знаат вашите поколенија, дека Јас ги населив Израелевите синови под шатори, кога ги изведов од Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог.’”\n44 И така Мојсеј им ги објави на Израелците Господовите празници.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_23_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 927, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6463", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 12 глава", "text": "1 А Маријам и Арон почнаа да зборуваат против Мојсеја заради неговата жена Етиопка, за која се ожени, зашто беше зел за жена една Етиопка.\n2 „Зар Господ му зборува само на Мојсеја? - рекоа. - Зар не ни зборуваше и нам?” Господ го чу тоа.\n3 Мојсеј беше мошне скромен човек, најскромен човек на земјата.\n4 И Господ им рече веднаш на Мојсеја, на Арона и на Маријам: „Вие тројцата јавете се во Шаторот на средбата.” Тие тројца се јавија.\n5 Господ слезе во облачен столб и застана при влезот на Шаторот. Ги повика Арона и Маријам. Кога тие истапија напред,\n6 Господ рече: „Чујте ги Моите зборови: Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во видение, му говорам на сон.\n7 Но не е така со Мојот слуга Мојсеј. Од сите во Мојата куќа тој е најверен.\n8 Јас му зборувам нему уста во уста, јавно, а не со гатанки, и тој смее да го гледа Господовиот лик. Како тогаш не се плашевте да зборувате против Мојот слуга Мојсеја?”\n9 Откако пламна со гнев против нив, Господ си отиде.\n10 Штом облакот се оддалечи од Шаторот, ете, Маријам стана лепрозна, како потурена со снег. Арон се сврте кон Маријам, а лепрата беше на неа.\n11 Тогаш Арон му рече на Мојсеја: „Господару мој, не сметај ни за грев, зашто постапивме глупо и согрешивме.\n12 Не оставај таа да остане како мртво дете на кое, веќе при излегувањето од мајчината утроба, снагата му е напола уништена!”\n13 Тогаш Мојсеј извика кон Господа: „Боже, Те молам, оздрави ја!”\n14 „Ако нејзиниот татко и плукнал во лицето - Господ му рече на Мојсеја - зар не ќе требаше да се срами седум денови? И таа нека биде одвоена надвор од логорот седум денови, па потоа нека биде прибрана пак.”\n15 Така Маријам беше одвоена надвор од логорот седум денови. Народот не тргна на пат додека Маријам не се прибра пак.\n16 Потоа народот тргна од Асирот и се настани во Фаранската Пустина.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 336, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6455", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 8 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Зборувај му на Арона и речи му: ‘Кога ќе ги палиш светилките, седум светилки нека светат на предната страна на светилникот.’”\n3 Арон така и направи: ги намести светилките на предната страна на светилникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n4 Светилникот беше искован од злато; искован од своето подножје до својата чашка. Светилникот беше направен според образецот што Господ му го покажа на Мојсеја.\n5 Господ му рече на Мојсеја:\n6 „Земи ги левитите од меѓу Израелевите синови и очисти ги!\n7 Постапи вака со нив за да ги очистиш: попрскај ги со водата за очистување, а тие нека се избричат по сето свое тело и нека ја исперат својата облека, и ќе бидат чисти.\n8 Потоа нека земат еден јунец и лебен принос од пченично чисто брашно, измешано со масло. А ти земи друг јунец за жртва за грев.\n9 Потоа доведи ги левитите пред Шаторот на средбата и собери го сето Израелево општество.\n10 Кога ќе ги доведеш левитите пред Господа, Израелевите синови нека ги положат своите раце на нив.\n11 Потоа Арон нека ги посвети левитите, како принос пред Господа, во име на Израелевите синови. Така нивната работа ќе биде да Му служат на Господа.\n12 А левитите нека ги стават своите раце на главите на јунците; и принеси го едниот како жртва за грев, а другиот како паленица на Господа, за покривање на гревот на левитите.\n13 Откако ќе ги поставиш левитите пред Арона и пред неговите синови, изврши над нив нивно посветување на Господа.”\n14 „Одвои ги така левитите од среде Израелевите синови за да бидат Мои.\n15 Потоа, откако си ги очистил и откако си ги посветил, левитите нека влезат во служба на Шаторот на средбата.\n16 Зашто тие ми се подарени целосно од среде Израелевите синови; нив ги зедов за Себе место сите првенци; место сите израелски првороденци.\n17 Имено, Мои се сите првенци на Израелевите синови, од луѓето и од животните; ги посветив Себеси во денот кога ги погубив сите првородени во Египетската Земја.\n18 Така ги зедов левитите место сите израелски првороденци.\n19 И им ги предадов левитите, од среде Израелците, како дар на Арона и на неговите синови, за да исполнуваат место Израелевите синови служба во Шаторот на средбата; за да ги очистуваат, па да не ги најде некаков помор Израелевите синови, кога ќе му се приближат на Светилиштето.”\n20 Мојсеј, Арон и сета израелска заедница направија така со левитите; како што Господ му нареди на Мојсеја за левитите; така Израелевите синови и им сторија.\n21 Левитите се очистија и ја испраа својата облека; и Арон ги посвети пред Господа. Арон направи покривање на гревот за да бидат чисти.\n22 Потоа левитите стапија во служба во Шаторот на средбата, во присуство на Арона и на неговите синови. Како што Господ му нареди на Мојсеја за левитите, така и направија со нив.\n23 Господ му рече на Мојсеја:\n24 „И ова се однесува за левитите: левитите, од дваесет и пет години нагоре, нека преземаат по ред служба во Шаторот на средбата.\n25 А на педесет години нека истапат од службата и веќе нека не служат.\n26 Но можат да им помагаат на своите браќа во исполнување на нивните должности во Шаторот на средбата, но самите не треба да ја исполнуваат службата.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 554, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6443", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 2 глава", "text": "1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n2 „Израелците нека ги оптегнуваат своите шатори секој при своето знаме, под знаците на својот татковски дом; нека ги поставуваат околу Шаторот на средбата, но малку подалеку.\n3 Однапред, на источната страна, знамето на Јудиниот логор, по нивните чети. Главатар на Јудините потомци е Насон, синот Аминадавов.\n4 Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шест стотини избројани.\n5 Исахаровото племе нека ги постави шаторите до него. Началник на Исахаровите потомци е Натанаил, синот Согаров.\n6 Неговата војска брои педесет и четири илјади и четири стотини запишани.\n7 Натаму Завулоновото племе. Началник на Завулоновите потомци е Елијав, синот Хелонов.\n8 Неговото воинство брои педесет и седум илјади и четири стотини запишани.\n9 По нивните чети, сите запишани во Јудиниот логор се сто осумдесет и шест илјади и четири стотини. Тие нека тргнуваат први!\n10 На југ е знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Главатар на Рувимовите потомци е Елисур, синот Седнуров.\n11 Неговата војска брои четириесет и шест илјади и пет стотини запишани.\n12 До него нека ги оптегнува шаторите Симеоновото племе. Началник на Симеоновите потомци е Саламил, синот Сурисадаев.\n13 Неговата војска брои педесет и девет илјади и три стотини запишани.\n14 Потоа Гадовото племе. Началник на Гадовите потомци е Елисаф, синот Рагуилов.\n15 Неговото воинство брои четириесет и пет илјади и шест стотини и педесет запишани.\n16 По нивните чети, сите избројани во Рувимовиот логор се сто педесет и една илјада и четири стотини и педесет. Тие нека тргнуваат втори!\n17 Потоа нека оди Шаторот на средбата, така што левитскиот логор да биде во средина на другите логори. Како што ги оптегнуваат шаторите, така се должни и да одат: секој под своето знаме.\n18 На запад, знамето на Ефремовиот логор, по нивните чети. Главатар на Ефремовите потомци е Елисам, синот Емиудов.\n19 Неговата војска брои четириесет илјади и пет стотини запишани.\n20 До него е Манасиевото племе. Главатар на Манасиевите потомци е Гамалиил, синот Федасуров.\n21 Неговата војска брои триесет и две илјади и двеста избројани.\n22 Потоа Венијаминовото колено. Главатар на Венијаминовите потомци е Авидан, синот Гадеониев.\n23 Неговата војска брои триесет и пет илјади и четири стотини избројани.\n24 По нивните чети, сите избројани во Ефремовиот логор се сто и осум илјади и сто. Тие нека тргнуваат трети!\n25 На север, знамето на Дановиот логор, по нивните чети. Главатар на Дановите потомци е Ахиезер, синот Амисадаев.\n26 Неговата војска брои шеесет и две илјади и седум стотини.\n27 До него нека постави логор Асировото племе. Началник на Асировите потомци е Фагаил, синот Ехранов.\n28 Неговата војска брои четириесет и една илјада и пет стотини запишани.\n29 Потоа Нефталимовото племе. Началник на Нефталимовите потомци е Ахиреј, синот Енанов.\n30 Неговата војска брои педесет и три илјади и четири стотини запишани.\n31 Сите запишани во Дановиот логор се сто педесет и седум илјади и шест стотини. Тие нека тргнуваат последни под своите знамиња.”\n32 Тоа се избројаните Израелци според татковските домови. Сите избројани во логорите, по нивните чети, се шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет.\n33 Левитите не беа избројани со Израелците, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n34 Израелевите синови направија сè како што Господ му нареди на Мојсеја. Така ги поставуваа логорите при своите знамиња и така одеа, секој по својот род и по своите семејства.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 560, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6435", "title": "Трета книга Мојсеева/ 27 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Соопшти им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога некој сака да Му направи на Господа завет што вреди колку еден човек,\n3 нека ти биде мерка: маж од дваесет до шеесет години возраст, процени го педесет сикли во сребро, според светилишниот сикал;\n4 а женско процени го триесет сикли.\n5 А за возраст од пет до дваесет години твоето оценување нека биде: за машко дваесет сикли, а за женско десет сикли.\n6 Ако е возраста од еден месец до пет години, проценувањето нека ти биде: за машко пет сикли во сребро; а оценката за женско три сикли во сребро.\n7 Ако е на возраст од шеесет години или повеќе, оценувањето нека ти биде: за машко петнаесет сикли, а за женско десет сикли.\n8 Но ако некој е беден па не може да ја плати својата цена, нека го доведат пред свештеникот, и свештеникот нека го процени. Но свештеникот нека процени според она што заветодавачот може да даде.’\n9 ‘Ако заветуваниот принос биде од животните што можат да Му се принесуваат на Господа, секој таков принос на Господа ќе биде свет.\n10 Нека не се надоместува ниту заменува со нешто друго - добро за лошо или лошо за добро. Ако се направи замена на едно животно за друго, тогаш и заветуваното и она што го заменило ќе бидат свети.\n11 Ако заветуваниот принос биде од нечисто животно што не може да Му се принесува на Господа, нека го доведат животното при свештеникот,\n12 па тој нека го процени. Било скапо, било нескапо, нека биде така како што ќе го процени свештеникот.\n13 Ако некој сака да го откупи нека додаде петина кон неговата процена.’\n14 ‘Ако некој ја посвети својата куќа заветувајќи Му ја на Господа, свештеникот нека процени дали е добра или е лоша. Како што ќе ја процени свештеникот така нека остане.\n15 Ако оној, кој ја заветувал куќата сака да ја откупи, нека додаде една петина кон износот на нејзиното оценување, па нека биде негова.’\n16 ‘Ако некој Му заветува на Господа дел од земјиштето, во своја сопственост, процени го според неговиот посев: за еден гомер јачмено семе педесет сикли во сребро.\n17 Ако го заветува полето во јубилејната година, нека остане според ова проценување.\n18 Но ако ја заветува нивата по јубилејната година, свештеникот нека ја пресмета цената во сребро според годините што остануваат до јубилејната година.\n19 Ако оној што ја заветувал нивата посака да ја откупи, нека додаде петина кон износот на проценувањето, па нека му остане.\n20 Ако не ја откупи нивата, туку ја продаде на друг, не може веќе да ја откупува.\n21 Кога полето ќе биде ослободено во јубилејната година, нека Му биде посветено на Господа како заветувано поле и нека стане свештеникова сопственост.\n22 Ако некој Му заветува на Господа дел од земјиштето што не е дел на неговата сопственост,\n23 свештеникот нека му пресмета сразмерна процена до јубилејната година. И во истиот ден нека го исплати износот како Господова светина.\n24 Во јубилејната година земјиштето ќе му биде вратено на оној од кого е купено - кому што му припаѓа земјишната сопственост.\n25 Секое проценување нека се врши според храмскиот сикал: дваесет гери-пенези еден сикал.’\n26 ‘Но никој нека не заветува првородено од добиток. И така првината Му припаѓа на Господа, без оглед дали е од ситен или е од крупен добиток.\n27 Ако биде од нечиста стока, може да биде откупена според твојата процена, додавајќи петина кон цената. Ако не биде откупена, нека биде продадена според проценувањето.’\n28 Но ништо од „заветуваното”, од она што Му е заветувано на Господа, било тоа да е човек или животно или негово наследено земјиште; ништо што човек Му Го посветил со завет на Господа, не може ни да се продаде ниту да се откупи. Сè што е заветувано е најголема Господова светина.\n29 Ниеден човек, над кого е изречено проклетство, не смее да се откупува: треба да биде погубен.’\n30 ‘Секоја десетина од земјата, од полските посеви и од плодовите на дрвата, Му припаѓа на Господа; тоа е Господова светина.\n31 Ако некој сака да откупи нешто од својот десеток, кон тоа треба да додаде една петина од цената.\n32 Секој десеток од крупниот и од ситниот добиток, односно секое десетто што поминува под пастирскиот стап, нека Му биде посветено на Господа.\n33 Нека не се гледа дали е добро или е лошо; и нека не се заменува. Сепак ако се замени, тогаш нека биде свето и едното и другото, и не смее да се откупува.’”\n34 Тоа се заповедите што Господ му ги даде на Мојсеја за Израелевите синови на Синајската Гора.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_27_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 773, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6457", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 9 глава", "text": "1 Во првиот месец на втората година по излезот од Египетската Земја, Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:\n2 „Израелевите синови нека ја подготвуваат Пасхата во времето определено за неа.\n3 Празнувајте ја во нејзиното време, во примрак, на четиринаесеттиот ден на овој месец; славете ја според сите нејзини прописи и наредби.”\n4 А Мојсеј им рече на Израелците да ја подготвуваат Пасхата.\n5 И тие ја подготвуваа во Синајската Пустина, во примрак, во првиот месец, на четиринаесеттиот ден на месецот. Како што Господ му нареди на Мојсеја, Израелевите синови така и направија.\n6 А имаше луѓе онечистени од мртовец, тие не можеа да ја подготвуваат Пасхата во оној ден. И дојдоа пред Мојсеја и Арона во истиот ден\n7 па рекоа: „Станавме нечисти од мртовец; сепак, зошто да бидеме лишени од тоа да Му принесеме принос на Господа во одреденото време среде Израелевите синови?”\n8 Мојсеј им рече: „Стрпете се, да чујам што ќе одреди Господ за вас.”\n9 И Господ му рече на Мојсеја:\n10 „Кажи им на Израелевите синови вака: ‘Кога некој од среде вас или од меѓу вашите потомци стане нечист од мртовец или ако е на далечен пат, сепак нека Му ја подготвуваат Пасхата на Господа.\n11 Нека ја спремат во примрак на четиринаесеттиот ден на вториот месец. Нека ја јадат со бесквасни лебови и со горчливи треви;\n12 нека не оставаат од неа за наутро; нека не кршат ниту една коска на неа. Нека ја подготвуваат според прописите за Пасха.\n13 Оној кој е чист, а не е на пат, па сепак пропуштил да ја подготви Пасхата, нека биде откорнат од својот народ. Бидејќи не Му принесе на Господа жртва во одреденото време, таквиот нека го носи својот грев.\n14 Ако со вас живее странец и ако Му принесува Пасха на Господа, нека ја принесува според нејзините прописи и обреди. Нека биде едно правило за вас: и за странецот и за домородецот.’”\n15 Во денот кога беше поставен Шаторот облак го покри Шаторот, Шаторот на сведоштвото. Облакот стоеше во вид на оган над Шаторот од вечер до утро.\n16 Така облакот го засолнуваше непрекратно, а ноќе беше како оган.\n17 Кога облакот се дигаше од Шаторот, тогаш Израелевите синови тргнуваа; а каде што облакот застануваше, таму Израелевите синови се настануваа.\n18 По Господова заповед Израелците тргнуваа на пат, и по Господова заповед застануваа во логор. За сето време додека облакот стоеше над Шаторот тие остануваа во логорот.\n19 Ако облакот стоеше долго над Шаторот, Израелците го слушаа Господовиот налог и не тргнуваа на пат.\n20 Но ако се случеше облакот да остане над Шаторот малку време, тие по Господова повелба остануваа во логорот и по Господова повелба тргнуваа пак на пат.\n21 Ако облакот се дигнеше, откако се задржал од вечерта до утрото, тие тогаш тргнуваа наутро на пат. Дење или ноќе, кога облакот ќе се дигнеше, тие тргнуваа на пат.\n22 Два дена или месец или година - додека облакот остануваше над Шаторот - Израелевите синови остануваа во логорот, не тргнувајќи на пат, а штом ќе се дигнеше, тие тргнуваа.\n23 По Господова повелба стоеја во логорот и по Господова повелба тргнуваа на пат. Го пазеа Господовиот налог, како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 537, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6451", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 6 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Зборувај им на Израелевите синови и кажи им: ‘Ако некој, било маж или жена, се заветува за назирејство па ако Му се посвети на Господа,\n3 нека се воздржува од вино и од секаков жесток пијалак. Нека не пие ни скиселено вино ниту скиселен опоен пијалак; а нека не пие ни некаков сок од грозје, нека не јаде грозје, ни свежо ни суво.\n4 За цело време на своето назирејство не смее да јаде ништо што раѓа виновата лоза - од зрното до лушпите.’\n5 ‘Сè додека трае неговиот назирејски завет, нека не поминува брич преку неговата глава; додека не се исполни времето што Му го заветувал на Господа, нека биде посветен и нека остави косата да му расте слободно на главата.’\n6 ‘За сето време на својот завет пред Господа нека не се доближува до ниедно мртво тело.\n7 Нека не се онечистува ни заради татка си, ни заради мајка си, брата си или сестра си, ако би умреле, зашто на својата глава го носи посветувањето на својот Бог.\n8 Тој Му е посветен на Господа за сето време на своето назирејство.’\n9 ‘Ако некој умре одненадеж покрај него, онечистувајќи ја на тој начин неговата посветена глава, нека ја избричи својата глава на денот на своето очистување - нека ја избричи на седмиот ден.\n10 А на осмиот ден нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, две грлици или две гулапчиња.\n11 Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев а другото како паленица, со тоа нека направи покривање на престапот за него, бидејќи згрешил заради мртовецот и ќе му ја освети неговата глава во тој ден.\n12 Потоа наново нека Му ги заветува на Господа деновите на своето назирејство и нека принесе едногодишно јагне како жртва за престап. Нека не биде сметано поранешното време, зашто неговото назирејство беше онечистено.’\n13 ‘Ова е Закон за назиреец: нека го доведат при влезот на Шаторот на средбата во денот кога ќе се исполни времето на неговото назирејство.\n14 Нека Му донесе на Господа како свој принос: едногодишно јагне, без недостаток, за принос за грев; еден овен, без недостаток, за помирителна жртва;\n15 натаму: кошница со пресни погачи од чисто брашно, замесени со масло и непотквасени колачи, намачкани со масло, со нивниот лебен принос и со налевница.\n16 Откако свештеникот ќе го донесе тоа пред Господа, нека ги принесе неговите: приносот за грев и паленицата.\n17 Потоа нека Му го принесе на Господа овенот како помирителна жртва заедно со кошницата со пресни погачи. Свештеникот нека ги принесе и неговиот лебен принос и неговата налевница.\n18 При влезот во Шаторот на средбата, назиреецот нека ја остриже својата глава и - откако ги земе влакната од својата посветена глава - нека ги стави во огнот под помирителната жртва.\n19 Потоа свештеникот нека земе варена плешка од овенот, една незаквасена погача од кошницата и еден пресен колак и нека го положи тоа во рацете на назиреецот, откако овој ќе ја остриже главата на своето назирејство.\n20 Свештеникот нека го принесе тоа како движен принос пред Господа. Тоа е светина што му припаѓа на свештеникот, освен градите на движниот принос и бедрото на воздигнатиот принос. Потоа назиреецот може да пие вино.’\n21 „Ова е Закон за назиреец, не сметајќи го она што би можела уште да принесе неговата рака. Ако освен своето назирејство ветил некаков дар, освен обредот на своето назирејство, нека направи како што се заветувал.”\n22 Господ му рече на Мојсеја:\n23 „Речи им на Арона и на неговите синови: ‘Благословувајте ги вака Израелевите синови, велејќи им:\n24 „Господ нека те благослови и нека те чува!\n25 Господ нека погледне на тебе со Своето светло лице и нека те помилува!\n26 Господ нека го сврти Својот поглед на тебе и нека ти донесе мир!”‘\n27 Така нека го повикуваат Моето име над Израелевите синови, и Јас ќе ги благословувам.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 648, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6449", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 5 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Нареди им на Израелевите синови да ги отстранат од логорот: секој лепрозен, секој што има излив и секој што ќе се онечисти со мртво тело.\n3 Отстранете ги и машките и женските! Истерајте ги надвор од живеалиштето, за да не ги онечистат своите логори, во кои престојувам Јас меѓу нив.”\n4 Израелевите синови направија така: ги истераа од логорот. Како што Господ му нареди на Мојсеја, така и направија Израелците.\n5 Господ му рече на Мојсеја:\n6 „Кажи им на Израелците: ‘Кога некој маж или некоја жена направи некаков грев против човек, и кога преку тоа направи престап против Господа, и е виновен,\n7 нека го признае сторениот грев, нека ја надомести штетата колку што може подобро и уште нека додаде петина кон тоа и нека му го даде на оној, кому му згрешил.\n8 Ако човекот нема поблизок роднина, кому може да му биде вратен надоместокот, тоа нека Му го посветат на Господа, тоа нека биде за свештеникот, покрај овенот за очистување со кого тој ќе го очисти.\n9 И секој принос од сите свети нешта, што Израелците му ги донесуваат на свештеникот, му припаѓаат нему.\n10 Од секој човек посветените работи да бидат негови; и нека на свештеникот му припаѓа она што некој му го дава нему.’”\n11 Господ му рече на Мојсеја:\n12 „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Ако некоја жена тргне по грешен пат и ако го изневери мажот си;\n13 и ако некој легне со неа, а тоа остане скриено за очите на мажот и; а жената остане неоткриена иако се онечистила, па нема сведок против неа, зашто не била фатена во делото -\n14 и ако сега духот на љубомората го опфати мажот и тој стане љубоморен на својата жена која се онечистила; или ако му дојде духот на љубомората и стане љубоморен на својата жена, а таа не се онечистила -\n15 мажот нека ја доведе својата жена при свештеникот. Нека донесе принос за неа: една десетина ефа јачменово брашно. Нека не полива врз него масло ниту да става темјан врз него, зашто тоа е приносница за љубомора, спомен-принос, за да потсетува на беззаконието.’\n16 ‘Свештеникот нека ја поведе таа жена и нека ја постави пред Господа.\n17 Сега свештеникот нека земе света вода во глинен сад и - откако ќе земе прав што е на подот на Шаторот, свештеникот нека го фрли во водата.\n18 Откако свештеникот ќе ја постави жената пред Господа, нека и ја открие главата, а во нејзините раце нека го стави спомен-приносот, односно, приносот за љубомора, а свештеникот нека ја држи во раката горчливата вода, што носи проклетство.\n19 Потоа свештеникот нека ја заколне жената. Нека и рече: „Ако никогаш маж не лежал со тебе и ако не си одела по страничен пат и не си се онечистила додека си била под власта на мажа си, биди поштедена од оваа горчлива вода што носи проклетство!\n20 Но ако си му изневерила на мажа си и ако некој маж, освен твојот сопруг, легнал со тебе. . .”\n21 Тогаш свештеникот нека ја заколне жената, нека и рече: „Господ да те постави за проклетство и за клетва среде твојот народ; да ти стори да ти овене родницата и да ти се подуе утробата!\n22 Оваа вода на проклетството нека навлезе во твојата утроба! Да ти се подуе утробата од неа, а родницата да ти овене!” А жената нека рече: „Амин! Амин!”\n23 ‘Потоа свештеникот нека ги напише тие проклетства на книжен свиток па нека ги измие во горчлива вода.\n24 Тогаш нека ја напие онаа жена со горчливата вода што носи проклетство, за да се разлее низ неа горчливата вода и за да ја наполни со горчливост.\n25 Тогаш свештеникот нека го земе од женината рака лебниот принос за љубомора, нека го принесе пред Господа како подвижна жртва и нека ја донесе на жртвеникот.\n26 Откако ќе заграби полн грст од лебниот принос за спомен, нека го изгори тоа во жртвеникот. Најпосле, нека ја напие жената со водата.\n27 Откако ќе ја напие со водата, ако биде онечистена, со изневерување на мажа си, водата на проклетството ќе влезе во неа и ќе ја наполни со горчливост; нејзината утроба ќе се подуе, а родницата ќе овене - таа жена ќе стане проклетство во својот народ.\n28 Но ако жената не е онечстена и е чиста, тогаш ќе остане неповредена и ќе зачнува.’\n29 ‘Тоа е закон за љубомора, кога жената ќе му изневери на својот маж и кога ќе се онечисти.\n30 Или кога дух на ревност ќе го опфати некој маж па ќе стане љубоморен на својата жена. Тогаш нека ја постави својата жена пред Господа, а свештеникот нека го исполни сиот овој закон.\n31 Мажот нека биде слободен од вината, а жената нека го носи своето беззаконие.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 799, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6434", "title": "Трета книга Мојсеева/ 26 глава", "text": "1 ‘Не правете си идоли; не издигајте си ни кипови ни спомен-столбови; не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.\n2 Пазете ги моите саботи, и Светилиштето Мое да го почитувате. Јас Сум Господ.’\n3 ‘Ако живеете според Моите закони, ако ги пазите Моите заповеди и ако ги спроведувате во дело,\n4 ќе ви дадам дожд во право време, па земјата ќе раѓа род, а стеблата по полето ќе донесуваат плодови.\n5 Вршењето ќе ви го достигнува гроздоберот, а бербата ќе го достигнува сеењето. Ќе јадете свој леб до наситка, и ќе живеете безопасно во вашата земја.\n6 Ќе и дадам мир на земјата; така ќе почивате и никој не ќе ве плаши. Ќе ги отстранам штетните животни од земјата; меч нема да помине низ вашата земја.\n7 Ќе ги терате во бегство вашите непријатели, а тие ќе паѓаат пред вас од меч.\n8 Петмина од вас ќе тераат во бегство стотина од нив, стотина од вас ќе тераат во бегство десет илјади од нив. Да, вашите непријатели ќе паѓаат од меч пред вас.\n9 Ќе погледам кон вас и ќе направам да сте плодоносни и многубројни, утврдувајќи го Мојот Завет со вас.\n10 Ќе се храните со стари минатогодишни жита; и ќе ги исфрлите старите заради новите жита.\n11 Ќе го поставам Моето живеалиште меѓу вас, и нема да ве отфрлам;\n12 ќе одам меѓу вас и ќе ви бидам Бог, а вие ќе бидете Мој народ.\n13 Јас, Господ, вашиот Бог, ве изведов од Египетската Земја за да не бидете повеќе робови; ги скршив врските на вашиот јарем и направив да одите исправени.’\n14 ‘Но ако не Ме послушате, и ако не ги исполните сите овие Мои заповеди;\n15 ако ги отфрлите Моите закони, ако ги изгазите Моите наредби и ако го нарушите Мојот Завет, не исполнувајќи ги сите Мои заповеди,\n16 еве, како ќе постапам со вас: ќе ви испратам ужас, изнемоштеност и треска што ги расипуваат очите и што ја измачуваат душата. Напразно ќе ги сеете вашите посеви - вашите непријатели ќе се хранат од нив.\n17 Јас ќе го свртам Моето лице од вас, и вашите непријатели ќе ве убиваат. Оние што ве мразат ќе господарат над вас. Ќе бегате и тогаш кога никој не ќе ве гони.\n18 Па ако не Ме послушате и покрај тоа, Јас ќе ве казнувам седумкратно за вашите гревови.\n19 Јас ќе ја скршам гордоста на вашата сила. Небото ќе го направам како железо, а вашата земја како бакар.\n20 Напразно ќе се троши вашата сила. Земјата не ќе ви го дава повеќе својот род, ниту дрвата на земјата ќе ги донесуваат своите плодови.’\n21 ‘Ако се противите уште и натаму, ако не сакате да Ме послушате седумкратно ќе ги зголемам врз вас раните за вашите гревови.\n22 Ќе ги пуштам горските ѕверови на вас за да ве лишат од децата, за да ви го издават добитокот и ќе ве намалат, така што патиштата ќе ви запустат.’\n23 ‘Ако и тоа не ве поправи, па ако продолжите со живеењето што Ми се противи,\n24 тогаш и Јас ќе ви се спротивам вам и Самиот ќе ве удрам седумкратно за вашите гревови.\n25 Ќе доведам меч на вас, нека се искали со одмазда за Заветот. А кога ќе се соберете во вашите градови, ќе испратам помор на вас, и ќе бидете предадени во рацете на непријателот.\n26 А кога ќе ви го прекратам снабдувањето со леб; десет жени ќе ви печат леб во една печка; ќе ви дадам леб со мерка. Ќе јадете, но нема да бидете сити.’\n27 ‘Ако и после тоа не Ме послушате, туку Ми се спротивставувате и натаму,\n28 и Јас ќе ви се спротивставувам - ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.\n29 Ќе јадете месо од вашите синови, ќе јадете месо од вашите ќерки.\n30 Ќе ги разурнам вашите возвишени места; ќе ги разрушам вашите столбови и ќе ги фрлам вашите трупови врз вашите искршени гнасни идоли, и ќе се згнаси душата Моја од вас.\n31 Ќе ги претворам вашите градови во урнатини; ќе ги запустам вашите светилишта; и не ќе го мирисам повеќе вашиот благопријатен мирис.\n32 Јас ќе ја претворам земјата во пепелиште, така што вашите непријатели кои ќе се населат во неа, ќе се вчудоневидат над неа.\n33 Вас ќе ве распрснам по народите; ќе извлечам меч од зад вас, така што вашата земја ќе биде претворена во пустина, а градовите во урнатини.’\n34 ‘Тогаш земјата ќе ги задоволи своите саботи за целото време, додека биде пуста и додека вие ќе бидете во земјата на вашите непријатели. Земјата ќе се одмори тогаш и ќе може да ги задоволи своите саботи.\n35 Сè додека биде пуста, ќе има починка, што не ја имаше во времето на вашите саботи додека вие живеевте во неа.\n36 А на оние од вас што ќе останат во живот по земјите на нивните непријатели, ним ќе им натерам страв во срцето. Шумот на листот што трепери ќе ги гони во бегство. Ќе бегаат како што се бега од меч; ќе паѓаат иако никој не ќе ги гони.\n37 Ќе се сопнуваат еден од друг како кога се бега пред меч, иако никој нема да ги гони. Не ќе се одржите пред вашите душмани;\n38 ќе изгинете меѓу народите - ќе ве голтне земјата на вашите непријатели.\n39 А кој ќе преживее од вас, ќе венее во земјата на вашите непријатели заради своите беззаконија; ќе венеат и заради беззаконијата на своите татковци.’\n40 ‘Тогаш ќе ги признаат своите беззаконија и беззаконијата на своите татковци што ги направија против Мене со престапите, зашто Ми се противеа.\n41 И Јас требаше да им се спротивставам ним и да ги воведам во земјата на нивните непријатели. Тогаш, најпосле, ќе се понизи нивното закоравено срце и тогаш тие ќе трпат мака за своите беззаконија.\n42 Тогаш Јас ќе се сетам за Мојот Завет со Јакова и за Мојот Завет со Исака, ќе си спомнам за Мојот Завет со Авраама - ќе си спомнам за земјата.\n43 Земјата, оставена од нив, ќе ги задоволи своите саботи, кога ќе остане пуста заради нив. А тие ќе трпат заради своето беззаконие, зашто ги отфрлија Моите заповеди, зашто ги презреа Моите закони.\n44 Но ни тогаш, додека бидат во земјата на нивните душмани, не ќе ги отфрлам ниту ќе ги презрам, така за да ги уништам сосем и за да го прекршам Мојот Завет со нив. Зашто Јас Сум Господ, нивниот Бог.\n45 Заради нив ќе си спомнам за Заветот со нивните предци, кои ги изведов од Египетската Земја пред очите на народите, за да бидам нивен Бог, Јас Сум Господ.’”\n46 Тоа се повелбите, судовите и законите, кои Господ ги постави меѓу Себе и Израелците - преку Мојсеја - на Синајската Гора.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_26_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1129, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6459", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 10 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Направи си две труби; направи ги од ковано сребро. Нека ти служат за свикување на заедницата и за раздвижување на логорот.\n3 Кога ќе се затруби со нив, сета заедница нека се собере кон тебе при влезот во Шаторот на средбата.\n4 Ако се затруби во една, нека се соберат кон тебе Израелевите главатари, илјадниците.\n5 Кога ќе го придружувате свирењето со бојни извици, нека тргнат логорите поставени на источната страна.\n6 Кога ќе го придружувате свирењето со бојни извици по вторпат, нека тргнат логорите поставени на јужната страна: свирењето со труби нека биде придружено со бојни извици за да тргнат тие.\n7 Трубете за да го соберете општеството, но без бојни извици.\n8 Свештениците, синовите Аронови, нека трубат во трубите. Тоа нека ви биде вечен закон за вашите поколенија.\n9 Кога во вашата земја ќе тргнете во војна против непријателот, што ќе ве притисне, затрубите во трубите со боен извик, и Господ, вашиот Бог, ќе се сети за вас, и ќе бидете избавени од вашите непријатели.\n10 Трубите во труби во денот на вашите свечености, на вашите празници или на вашите млади месечини, додека ги принесувате вашите паленици и помирителни жртви. Тоа нека биде спомнување за вас пред вашиот Бог. Јас Сум Господ, ваш Бог.”\n11 Во втората година, во вториот месец, во дваесеттиот ден на месецот, облакот се дигна над Шаторот на сведоштвото.\n12 Тогаш Израелевите синови се запатија од Синајската Пустина на своите патувања. Облакот застана во пустината Фаран.\n13 Така тргнаа за првпат според Господовата заповед дадена на Мојсеја.\n14 Знамето на логорот на Јудините синови, по нивните чети, тргна прво. Насон, синот Аминадавов, беше над нивната војска;\n15 Натанаил, синот Суаров, беше над војската на племето на Исахаровците;\n16 а Елијав, синот Хелонов, беше над војската на племето на Завулоновите синови.\n17 Потоа, откако беше разглобен Шаторот, Гирсоновците и Мерариевците тргнаа, носејќи го Шаторот.\n18 Потоа тргна знамето на Рувимовиот логор, по нивните чети. Елисур, синот Седиуров, беше над нивната војска;\n19 Селумил, синот Сурисадаев беше над војската на племето на Симеоновците;\n20 Елисаф, синот Рагуилов беше над војската на племето на Гадовите синови.\n21 Потоа тргнаа Каатовите синови носејќи го Светилиштето. Шаторот беше поставуван пред нивното доаѓање.\n22 Тогаш тргна знамето на логорот на Ефремовите синови, по нивните чети. Елисам, синот Емиудов, беше над нивната војска;\n23 Гамалил, синот Фадасуров, беше над војската на племето на Манасиевците;\n24 Авидан, синот Гедеониев, беше над војската на племето на Венијаминовите синови.\n25 Последно, како задна стража на сите логори, тргна знамето на логорот на Дановите синови, по нивните чети. Ахиезер, синот Амисадаев, беше над нивната војска;\n26 Фагеил, синот Ехранов, беше над војската на племето на Асировите синови;\n27 а Ахиреј, синот Енанов, беше над војската на племето на Нефталимовите синови.\n28 Таков беше редот на патувањето на Израелците, подредени во нивните чети. Така патуваа.\n29 Мојсеј му рече на Јовав, син на Мадијамецот Рагуил, Мојсеевиот дедо: „Се запативме во крај за кој Господ рече: ‘Ќе ви го дадам!’ Тргни со нас, и ќе ти направиме добро, зашто Господ му вети среќа на Израел.”\n30 „Не идам - му одговори - туку се враќам во својата земја, се враќам при своите.”\n31 „Те молам, не нè оставај! - му рече. Бидејќи знаеш каде треба да се настаниме во пустината, ќе ни бидеш како очи.\n32 Ако тргнеш со нас ќе ги делиме, со тебе, добрините што Господ ќе ни ги додели.”\n33 Од Господовата Гора патуваа три дни одење. Ковчегот на Господовиот Завет одеше пред нив во текот на трите дни на одењето за да им побара место за починка.\n34 Дење пак Господовиот облак беше над нив кога тргнуваа од логорот.\n35 Кога тргнуваше Ковчегот, Мојсеј велеше: „Стани, Господи, и ќе се распрснат Твоите непријатели! Ќе избегаат пред Тебе, кои Те мразат!”\n36 А кога застануваше, велеше: „Врати се, о, Господи, кон Израелевите илјади и десетиците илјади!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 651, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6441", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 1 глава", "text": "1 Во Синајската Пустина, во Шаторот на средбата, Господ му рече на Мојсеја, во првиот ден на вториот месец, во втората година по излегувањето од Египетската Земја:\n2 „Извршете попис на целата израелска заедница по родови и по семејства, наведувајќи ги имињата на сите машки, глава по глава.\n3 Од дваесет години нагоре, способните за борба во Израел, ти и Арон, избројте ги според нивните единици.\n4 Со вас нека биде по еден човек од секое племе, главатар на својот прадедовски дом.\n5 Ова се имињата на луѓето кои ќе ви помагаат: Елисур, син Седиуров, од Рувимовото племе;\n6 Саламил, син Сурисадеев, од Симеоновото племе;\n7 Насон, син Аминададов, од Јудиното племе;\n8 Натанаил, син Согаров, од Исахаровото племе;\n9 Елијав, син Хелонов, од Завулоновото племе.\n10 Од Јосифовите синови: Елисам, син Емиудов; од Ефремовото племе; Гамалиил, син Фадасуров, од Манасиевото племе;\n11 Авидан, син Гадеониев, од Венијаминовото племе;\n12 Ахизер, син Амисадаев, од Дановото племе;\n13 Фагаел, син Ехранов од Асировото племе;\n14 Елисав, син Деуелов од Гадовото племе;\n15 Ахиреј, син Енанов, од Нефталимовото племе.”\n16 Тоа беа избраниците од општеството, владетели на нивните татковски племиња и главатари на Израелевите илјадници.\n17 Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие луѓе кои беа одредени по име,\n18 па ја свикаа целата заедница во првиот ден на вториот месец. Тогаш во пописот, според родовите и семејствата по ред, беше внесуван бројот на личностите повозрасни од дваесет години, еден по еден.\n19 Како што Господ му нареди на Мојсеја, така тој ги изброја во Синајската Пустина.\n20 Кога беше утврдено Рувимовото потомство, на Израелевиот првенец, по неговите родови и семејства, ги запишаа глава по глава имињата на сите машки од дваесет години нагоре, на сите способни за борба.\n21 Преброените од Рувимовото племе беа четириесет и шест илјади и пет стотини.\n22 Беа избројани Симеоновите потомци по нивните родови и семејства: беа избројани, глава по глава, имињата на сите машки од дваесет години нагоре, на сите способни за борба.\n23 Избројаните од Симеоновото племе беа педесет и девет илјади и три стотини.\n24 Кога беше утврдено потомството на Гадовите синови по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n25 Избројаните од Гадовото племе беа четириесет и пет илјади и шест стотини и педесет.\n26 Кога беше утврдено потомството на Јудините синови по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n27 Избројаните од Јудиното племе беа седумдесет и четири илјади и шест стотини.\n28 Кога беше утврдено потомството на Исахаровите синови по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војување.\n29 Избројаните од Исахаровото племе беа педесет и четири илјади и четири стотини.\n30 Кога беше утврдено потомството на Завулоновите синови по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на сите од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n31 Избројаните од Завулоновото племе беа педесет и седум илјади и четири стотини.\n32 Јосифовите синови: кога беше утврдено потомството на Ефремовите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n33 Избројаните од Ефремовото племе беа четириесет илјади и пет стотини.\n34 Кога беше утврдено потомството на Манасиевите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n35 Избројаните од Манасиевото племе беа триесет и две илјади и двеста.\n36 Кога беше утврдено потомството на Венијаминовите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n37 Избројаните од Венијаминово племе беа триесет и пет илјади и четири стотини.\n38 Кога беше утврдено потомството на Дановите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n39 Избројаните од Дановото племе беа шеесет и две илјади и седум стотини.\n40 Кога беше утврдено потомството на Асировите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n41 Запишаните од Асировото племе беа четириесет и една илјада и пет стотини.\n42 Кога беше утврдено потомството на Нефталимовите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.\n43 Избројаните од Нефталимовото племе беа педесет и три илјади и четири стотини.\n44 Тоа се оние кои ги избројаа Мојсеј и Арон со дванаесетте израелски главатари, по еден човек од секој татковски дом.\n45 Беа избројани сите Израелци, по татковските домови, од дваесет години и повеќе, сите способни за војна во Израел.\n46 И така, сите избројани беа шест стотини и три илјади пет стотини и педесет.\n47 Меѓу нив не беа вброени левитите по поколенијата на нивните татковци.\n48 Имено, Господ му рече на Мојсеја:\n49 „Само Левиевото племе не го внесувај во пописот на Израелците.\n50 Туку ти самиот одреди ги левитите за служба во Шаторот на Сведоштвото; за сиот негов намештај и сè што спаѓа во него; тие нека го носат Шаторот и сиот негов прибор; тие нека служат во него и нека го поставуваат својот логор околу него.\n51 Кога Шаторот треба да биде преместен, левитите нека го разглобат; а кога Шаторот треба да застане, левитите нека го подигнат пак. Странец кој ќе му се доближи нека биде погубен.\n52 Израелевите синови нека ги оптегнуваат своите шатори секој во својот логор; секој при своето знаме, по чети.\n53 Левитите нека престојуваат околу Шаторот на Сведоштвото, за да не падне гнев врз Израелевото општество. Така левитите нека чуваат стража околу Шаторот на Сведоштвото.”\n54 Израелците направија така како што Господ му нареди на Мојсеја. Така направија во сè.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_1_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1006, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6432", "title": "Трета книга Мојсеева/ 25 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја на Синајската Гора:\n2 „Зборувај им на Израелците и кажи им: ‘Кога ќе влезете во земјата што ви ја давам, таа земја нека ја пази Господовата саботна починка.\n3 Шест години сеј ја твојата нива, шест години режи го твоето лозје и бери го неговиот плод.\n4 А на седмата година и земјата нека ја ужива саботната починка, Господовата сабота: не засевај ги твоите ниви, ниту режи го твоето лозје.\n5 Што ќе порасне само од себе на твојата нива, не жнеј го; ниту го бери грозјето од нережана лозница. Тоа нека и биде на земјата година на почивање.\n6 Земјината починка ќе ве снабди со исхрана: за тебе, за твојот слуга, за твојата слугинка, за твојот наемник и за придојденецот кој живее со тебе;\n7 а и за твојот добиток и за ѕверовите во твојата земја - нејзините плодови нека служат за храна.’\n8 ‘Изброј седум седмици такви години, седумпати по седум години. Седум години седмици ќе ти изнесуваат четириесет и девет години.\n9 Тогаш засвири во трубата - во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, на Денот на Очистувањето; затрубите во труба ширум низ сета ваша земја.\n10 Таа педесетта година прогласете ја за света! Прогласете низ земјата ослободување на сите нејзини жители. Тоа нека ви биде прославна, проштавачка, година: секој нека се врати во својата татковина; секој нека се врати во својот род!\n11 Таа педесетгодишница нека ви биде јубилејна година: не сејте, не жнијте што ќе порасте само од себеси, ниту берете од нережана лоза.\n12 Зашто прославата треба да биде света. Хранете се со она што ќе донесе нивата од себе.\n13 ‘Во јубилејната година секој нека се врати во своето наследство.\n14 Затоа, кога му продавате имот на свој сонародник или кога купувате од свој сонародник, не му нанесувајте штета на својот брат!\n15 Купувај од својот ближен, откако ќе го одбиеш бројот на годините на прославата; а тој нека ти продава според бројот на годините на плодособирањето.\n16 Колку повеќе години, зголеми ја цената; колку помалку години, и цената нека биде помала. Зашто, она што тој ти продава е број на едногодишни полски приходи.\n17 Нека никој од вас не му нанесува штета на својот сонародник; туку бој се од твојот Бог! Зашто Јас Сум Господ, ваш Бог!’\n18 ‘Исполнувајте ги Моите закони и Моите наредби; спроведувајте ги верно на дело па ќе живеете безопасно на земјата.\n19 Земјата ќе го дава својот род, ќе јадете до наситка и ќе живеете спокојно.\n20 Ако речете: „Со што ќе се храниме во седмата година, кога не ќе сееме, ниту ќе собираме плодови?”\n21 Јас ќе го испратам Мојот благослов на вас: шестата година ќе роди за три години.\n22 Кога ќе сеете во осмата година, ќе се храните со стари плодови до деветтата година. Додека не дојдат нејзините плодови, ќе јадете стари.\n23 Земјата не смее да биде продадена за секогаш, зашто земјата Ми припаѓа Мене, додека вие сте само странци и гости кај Мене.\n24 Затоа во секој крај каде што имате земјишна сопственост, треба да дозволите откупување на земјата.’\n25 ‘Ако твојот брат осиромаши и ако продава од својата татковина, нека дојде неговиот најблизок роднина и нека го откупи она што го продава неговиот брат.\n26 Ако нема некого да ја откупи, а после и самиот стане имотен и спечали средства за да ја откупи,\n27 нека ги изброи годините од продавањето, нека му исплати на купувачот износ за другото време и нека се врати на своето наследство.\n28 Ако нема средства за да ја откупи, тогаш продаденото нека остане во рацете на купувачот до јубилејната година. А кога ќе стапи во јубилејот, нека се врати на својата таткова земја.’\n29 ‘Ако некој продаде куќа за живеење во град, заграден со ѕид, може да ја откупи додека не се наполни година по продавањето; и така, откупниот рок нека е една година.\n30 Ако не ја откупи во рок од една година, тогаш куќата, во градот заграден со ѕид, им останува за секогаш на купувачот и на неговите потомци; нека не се враќа ни при прославата.\n31 Но куќите по селата, што немаат ѕидови околу себе, нека се сметаат како недвижен имот во полето; можат да бидат откупувани. Во јубилејот купувачот треба да излезе од нив.\n32 Куќите што се во левитските градови им припаѓаат на левитите; левитите можат да ги откупуваат во секое време.\n33 Ако некој левит не се послужи со своето право за откуп, тогаш куќата што ќе биде продадена, во градот на неговата сопственост, ќе му биде вратена во прославата. Зашто кај Израелците куќите во градовите на левитите се нивна сопственост.\n34 Неизградената земја околу нивните градови не може да биде продадена, зашто таа е нивна сопственост за сите времиња.’\n35 ‘Ако твојот брат осиромаши и е без средства при тебе; помагај го, како да е странец или гостин, за да може да живее со тебе!\n36 Не земај од него ни камата ни печалба. Бој се од својот Бог, и твојот брат нека живее со тебе.\n37 Не давај му сребро на заем со камата, ниту му ја давај твојата храна за печалба.\n38 Јас, Господ, вашиот Бог, ве избавив од Египетската Земја за да ви ја дадам Ханаанската Земја и за да бидам ваш Бог.’\n39 ‘Ако осиромаши твојот брат, кај тебе, и ако ти се продаде, не присилувај го да ти служи како роб.\n40 Нека биде кај тебе како наемник или надничар. Нека служи кај тебе до јубилејната година.\n41 Тогаш ослободи го да си отиде од кај тебе; самиот и неговите деца со него; нека се врати во својот род и пак нека ја земе својата дедовина.\n42 Затоа што тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската Земја; не смеат да бидат продавани како робови.\n43 Не постапувај грубо со нив и бој се од твојот Бог!\n44 А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас.\n45 Можете да ги купувате и од придојдениците, кои се населени меѓу вас; од нивните семејства што живеат со вас и што се родени во вашата земја. Таквите можат да станат ваша сопственост.\n46 Нив можете да им ги предавате во наследство на вашите деца, за да ги наследат за секогаш во сопственост. Кон нив можете да постапувате како кон робови. Но кон своите браќа, Израелевите синови, никој не смее да господари со жестокост.’\n47 ‘Ако туѓинецот или придојденикот, кој живее со тебе, се збогати, а твојот брат осиромаши кај него, па ако му се продаде на странецот, кој живее со тебе, или на кој и да е потомок на семејството на придојденикот;\n48 тој може да биде откупен и по продавањето. Нека го откупи некој од неговите браќа;\n49 или, нека го откупи неговиот стрико, неговиот роднина или кој и да е од неговото семејство од неговата крв. Или, ако има средства нека се откупи сам.\n50 Нека го пресмета времето, со својот купувач, од годината кога му се продал до јубилејната година. Цената на неговото ослободување нека биде според бројот на годините. Времето што го поминал кај својот купувач нека се процени како време на еден наемник.\n51 Ако остануваат уште многу години, нека исплати за својот откуп сребро, сразмерно на цената со која бил купен.\n52 А ако остануваат само неколку години до јубилејната година, нека пресмета и нека исплати за својот откуп според годините на службата.\n53 Нека биде при него како наемник, во сите години. Тој не смее да господари над него со жестокост, пред твоите очи.\n54 Ако не биде откупен вака; тогаш, тој и неговите деца, со него, нека си отидат во јубилејната година;\n55 зашто Израелевите синови се Мои слуги; тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог.’\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_25_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1303, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6465", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 13 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Испрати луѓе, по еден човек од секое прадедовско племе, за да ја извидат Ханаанската Земја, што им ја давам на Израелевите синови. Испратете ги сите нивни главатари!”\n3 По Господова заповед Мојсеј ги испрати од Фаранската Пустина. Сите тие луѓе беа главатари на Израелците.\n4 А ова се нивните имиња: Самоил, син Захуров, од Рувимовото племе;\n5 Сафат, син Хориев, од Симеоновото племе;\n6 Халев, син Ефониев, од Јудиното племе;\n7 Игал, син Јосифов, од Исахаровото племе;\n8 Осиј, син Навинов, од Ефремовото племе;\n9 Фалтиј, син Рафуев, од Венијаминовото племе;\n10 Гадиил, син Содиев, од Завулоновото племе;\n11 Гадиј, син Сусиев, од Јосифовото племе, од Манасиевото племе;\n12 Амил, син Гамалиев, од Дановото племе;\n13 Сетур, син Михаилов од Асировото племе;\n14 Навиј, син Вопсиев, од Нефталимовото племе;\n15 Гуел, син Макхиев, од Гадовото племе.\n16 Тоа се имињата на луѓето кои ги испрати Мојсеј за да ја извидат земјата.\n17 Мојсеј ги испрати да ја согледаат Ханаанската Земја па им рече: „Одете горе во Негев, и искачете се на гората.\n18 Разгледајте ја каква е земјата. Дали народот, што живее во неа, е силен или слаб, дали е малуброен или е многуброен?\n19 Каква е земјата во која живее: добра или лоша? Какви се градовите во кои престојува: отворени или утврдени?\n20 Каква е почвата: плодна или посна? Има ли дрва по неа или нема? Бидете слободни и земете од плодовите на таа земја.” Туку што беше време на раното грозје.\n21 Тие отидоа горе да ја извидат земјата од пустината Син до Реова, што е на влезот во Емат.\n22 Се искачија на Негев и дојдоа до Хеврон, каде се наоѓаа Ахиман, Сесиј и Телиман, Енакови синови. Хеврон е основан седум години порано отколку Зоан во Египет.\n23 Кога стигнаа во долината Есхол, отсекоа таму лоза со грозд и го понесоа, двајца, на стап; зедоа и калинки и смокви.\n24 Тоа место беше наречено Долина Есхол, заради гроздот што Израелците го отсекоа таму.\n25 По четириесет денови се вратија од земјата што ја согледуваа.\n26 Отидоа при Мојсеја и Арона и при целото Израелско општество во Кадис, во Фаранската Пустина. Им поднесоа извештај ним и на целата заедница, а тогаш им ги покажаа плодовите на земјата.\n27 И тие го известија: „Отидовме во земјата во која што нè испрати. Навистина низ неа течат мед и млеко. Еве ги нејзините плодови.\n28 Но силен е народот што живее во земјата, градовите се утврдени и многу се големи. А видовме таму и Енакови потомци.\n29 Амаликците живеат во Негевскиот крај; Хетејците, Евусејците и Аморејците живеат на планината, а Ханаанците се наоѓаат покрај морето и вдолж на Јордан.”\n30 Халев го замолчи народот околу Мојсеја и проговори: „Да тргнеме не двоумејќи се и да ја заземеме, зашто можеме да ја покориме!”\n31 Но луѓето кои одеа со него одговорија: „Не можеме да одиме против оној народ, зашто е посилен од нас.”\n32 И почнаа да ја прикажуваат лошо, пред Израелците, земјата што ја согледуваа: „Земјата низ која поминавме за да ја извидиме е земја што ги голта своите жители. Сиот народ што го видовме во неа се луѓе со крупен раст.\n33 Видовме и дивови таму - Енаковото потомство од дивови. Ни се чинеше дека сме како скакулци спрема нив.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 551, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6447", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 4 глава", "text": "1 Господ им рече на Мојсеја и на Арона:\n2 „Одвоете ги од среде Левиевите синови главатарите на Каатовите синови по нивните родови и семејства:\n3 од триесет години нагоре, сè до педесет години - сите кои можат да влезат во чета за вршење служба во Шаторот на средбата.\n4 А службата на Каатовите синови во Шаторот на средбата е: грижа за Светината над светините.\n5 Кога логорот тргнува на пат, Арон и неговите синови нека влезат и нека ја извадат заштитната завеса и нека го покријат Ковчегот на сведоштвото со неа.\n6 Тогаш нека стават на него покривало од јазовечка кожа, а преку него нека распрострат сосем сино платно. Потоа нека ги наместат носилата на Ковчегот.\n7 Преку масата за лебните приноси нека распрострат сино платно. Тогаш нека положат врз него чинии, лажици, чаши и врчви за налевници. Лебот на постојаниот принос нека биде исто на него.\n8 Тоа нека го покријат со темноцрвено платно, а преку него нека префрлат покривало од јазовечка кожа. Потоа нека и ги наместат носилата на масата.\n9 Потоа нека земат сино платно и нека го покријат светилникот за осветление и неговите светилки, неговите штипки, неговите пепелници и сите садови за масло, со кои се служат околу него.\n10 Нека го стават со сиот негов прибор на покривало од јазовечка кожа и нека го положат на носилка.\n11 Нека распрострат сино платно преку златниот жртвеник и нека го покријат со покривало од јазовечка кожа. Потоа нека му ги наместат носилата.\n12 Тогаш нека го земат сиот прибор што се употребува за служба во Светилиштето па нека го стават врз синото платно и тогаш нека го покријат со покривка од јазовечка кожа. Потоа сè тоа нека го положат на носилка.\n13 Нека ја сметат пепелта од жртвеникот и нека распрострат на него црвено платно.\n14 Нека го положат врз него сиот прибор што се употребува во службата: кадилниците, вилушките, лопатчињата и чиниите - сите садови за жртвеникот. Тогаш нека распрострат преку него покривка од јазовечка кожа. Потоа нека ги наместат носилата.\n15 Откако Арон и неговите синови ќе го завршат покривањето на Светилиштето и на сите свети садови, во часот кога логорот ќе тргне на пат, нека дојдат Каатовите потомци и нека го земат тоа со себе. Но не смеат да се допираат до светите предмети, за да не загинат. Каатовите синови ќе ги носат овие делови на Шаторот на средбата.”\n16 „А Елеазар, синот на свештеникот Арон, нека се грижи за маслото за светилниците, за мирисливиот темјан, за постојаниот лебен принос и за маслото за помазание; нека се грижи за сиот Шатор, за сè што е во него - за Светилиштето и за неговиот намештај.”\n17 Господ им рече на Мојсеја и на Арона:\n18 „Не дозволувајте да го снема племето на Каатовите родови меѓу левитите.\n19 Постапувајте вака со нив, за да не умрат, кога пристапуваат кон Светината над светините нека дојдат Арон и неговите синови за да го постават секого од нив на неговата служба и на неговата должност.\n20 Тие никогаш нека не влегуваат ниту да ја погледнат Светината, кога ја покриваат, за да не загинат.”\n21 Господ му рече на Мојсеја:\n22 „Изврши попис и на Гирсоновите синови по нивните семејства и по нивните родови, од триесет години нагоре, сè до педесет години;\n23 изброј ги сите кои можат да влезат во одредот за вршење служба во Шаторот на средбата.\n24 А ова е службата на Гирсоновите родови при работата и принесувањето:\n25 нека ги носат: завесите на Престојувалиштето; Шаторот на средбата со неговиот покрив, покривалото од јазовечка кожа што е врз него, и завесата на влезот во Шаторот на средбата;\n26 потоа, дворните завеси, завесите од вратата на влезот во дворот што е околу Шаторот и жртвеникот, јажињата и сиот прибор за нивната служба; сè што треба да се работи околу тие нешта, нека направат!\n27 Гирсоновците нека ги обавуваат сите свои должности - сè што треба да носат и сè што треба да направат - по налог на Арона и на неговите синови. Доверете им на нивната грижа сè што треба да носат.\n28 Тоа е службата на родовите Гирсоновци во Шаторот на средбата. Нивната служба нека биде под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон.”\n29 „Изброј ги Мерариевите синови по нивните родови и семејства.\n30 Запиши ги од триесет години нагоре, сè до педесет години, кои можат да влезат во одред за вршење служба во Шаторот на средбата.\n31 За сето време на нивната служба во Шаторот на средбата должност им е да ги носат: даските на Шаторот, неговите лостови, неговите столбови и неговите подножја;\n32 столбовите што го опкружуваат дворот, нивните подножја, нивните колчиња, нивните јажиња, со сиот прибор за нивната служба. И запишете ги по име предметите што им се доверени да ги носат.\n33 Тоа е службата на родовите на Мерариевите синови во сè што има да прават во Шаторот на средбата под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон.”\n34 Мојсеј, Арон и началниците на општеството ги избројаа Каатовите синови по нивните родови и семејства -\n35 сите кои можат да влезат во одред за вршење служба во Шаторот на средбата, од триесет години нагоре, сè до педесет години.\n36 И избројаните по нивните родови беа две илјади и седум стотини и педесет.\n37 Тоа е попис на родовите Каатовци, на сите кои служеа во Шаторот на средбата, а кои ги запишаа Мојсеј и Арон според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја.\n38 И беа избројани Гирсоновите синови по нивните родови и семејства,\n39 од триесет години нагоре, сè до педесет години, сите кои можеа да влезат во одредот за вршење служба во Шаторот на средбата.\n40 И така, избројаните по нивните родови и семејства беа две илјади и шест стотини и педесет.\n41 Тоа е попис на родовите Гирсоновци, на сите кои служеа во Шаторот на средбата, а кои беа избројани од Мојсеја и Арона по Господова повелба.\n42 И беа избројани родовите на Мерариевите синови по нивните родови и семејства,\n43 од триесет години нагоре, сè до педесет години, на сите кои можат да влезат во одредот за служење во Шаторот на средбата.\n44 И така, избројаните по нивните родови беа три илјади и двеста.\n45 Тоа е попис на родовите Мерариевци, што го составија Мојсеј и Арон според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја.\n46 И така, сите избројани левити, кои беа избројани од Мојсеја и Арона и од Израелевите началници по нивните родови и семејства, од триесет години нагоре, до педесет години,\n47 сите кои беа способни за прислужување во работите и за службата на пренесување во Шаторот на средбата,\n48 беа осум илјади пет стотини и осумдесет.\n49 Според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја, секого го внесоа во пописот според она во што служеше и што пренесуваше. Беа избројани како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1135, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6445", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 3 глава", "text": "1 Ова е Ароновото и Мојсеевото родословие од времето кога Господ му зборуваше на Мојсеја на Синајската Гора.\n2 Ова беа имињата на Ароновите синови: првороденец Надав, потоа Авиуд, Елеазар и Итамар.\n3 Тоа се имињата на Ароновите синови, на свештениците помазани, за свештенство на посветените.\n4 Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога во Синајската Пустина, принесуваа непосветен оган пред Господа. Бидејќи немаа синови, затоа Елеазар и Итамар служеа како свештеници во присуство на татка си Арона.\n5 Господ му рече на Мојсеја:\n6 „Повикај го Левиевото племе, нека застане пред свештеникот Арона. Нека му прислужуваат;\n7 нека ги исполнуваат неговите должности и должностите на целото општество пред Шаторот на средбата, и нека ја вршат работата околу Шаторот.\n8 Нека се грижат за сиот намештај во Шаторот на средбата, за должноста на Израелевите синови, и нека ја исполнуваат службата во Шаторот.\n9 Дај им ги левитите на Арона и на неговите синови. Израелците нека му ги подарат целосно.\n10 Постави ги Арона и неговите синови да ја исполнуваат својата свештеничка должност. А странец кој би се приближил до тоа нека биде погубен.”\n11 Господ му рече на Мојсеја:\n12 „Ете, Јас ги земам Левиевците од среде Израелците место сите првороденци - место оние кои ја отвараат мајчината утроба кај Израелевите синови. И така, Левиевците се мои!\n13 Имено, Мене Ми припаѓа секој првороденец. Во оној ден кога ги поразив сите првенци во Египетската Земја; си ги посветив Себеси сите првенци во Израел и од луѓето и од животните. Тие се Мои. Јас Сум Господ.”\n14 Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:\n15 „Изврши попис на Левиевите синови по нивните семејства и родови; изброј ги сите машки од еден месец и повеќе.”\n16 Мојсеј ги изброја според Божјата заповед, како што му беше наредено.\n17 Овие беа Левиеви синови по име: Гирсон, Каат и Мерариј.\n18 А ова се имињата на Гирсоновите синови по нивните родови: Ливниј и Семеј.\n19 А Каатови синови сè по своите родови: Амрам, Исар, Хеврон и Озиил.\n20 Мерарови синови сè по своите родови: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите родови по нивните семејства.\n21 Родот Ливниев и родот Семеев влечат лоза од Гирсона. Тоа се родови на Гирсоновците.\n22 Од нив во пописот на сите машки од еден месец нагоре беа избројани седум илјади и пет стотини.\n23 Родовите на Гирсоновците да ги поставуваат шаторите зад Шаторот кон запад.\n24 Елисаф, синот Лаилов, беше глава на семејството на Гирсоновците.\n25 Гирсоновците се грижеа, во Шаторот на средбата, за Шаторот и за неговиот покрив, за завесата на влезот во Шаторот на средбата;\n26 потоа за завесите во дворот, за завесата на влезот во дворот што е околу Шаторот и жртвеникот, за нивните јажиња и за сè друго што спаѓа во таа служба.\n27 Од Каат произлегуваат: Амрамовиот род, Исаровиот род, Хевроновиот род и Озииловиот род. Тоа се родовите на Каатовците.\n28 Кога беа избројани сите машки од еден месец нагоре, ги имаше осум илјади и шест стотини. Тие се грижеа за Светилиштето.\n29 Каатовите родови поставуваа логор од јужната страна на Шаторот.\n30 Елисафан, синот Озиилов, беше глава на родовите во Каатовиот дом.\n31 Тие се грижеа за Ковчегот, за столот, за светилникот, за жртвениците и за светиот прибор со кој се служеа и, конечно, за завесата и за сè што и припаѓаше.\n32 Елеазар, синот на Арона свештеникот, беше врвен главатар на левитите, Тој вршеше надгледување над оние кои се грижеа за Светилиштето.\n33 Од Мерариј произлегуваа Малиевиот род и Мусиевиот род. Тоа се Мерариеви родови.\n34 Од нив, при пописот на сите машки од еден месец и повеќе, беа избројани шест илјади и две стотини.\n35 Сурил, синот Авихаилов, беше глава на родовите во Мерариевиот дом. Тие поставуваа логор на северната страна од Шаторот.\n36 Мерариевите синови се грижеа за даските на Шаторот, за неговите лостови, за столбовите и за неговите подножја, за сиот негов прибор и за сè што спаѓа во неговата служба.\n37 Освен тоа, за столбовите околу дворот, за нивните подножја, за колчињата и за јажињата.\n38 А оние што ќе ги поставуваат шаторите на предната страна, пред Шаторот на средбата на источната страна, да бидат Мојсеј, Арон и нивните синови, на кои им беше доверена служба во Светилиштето во име на Израелевите синови. Странец кој би се доближил, ќе биде погубен.\n39 Сите избројани од левитите од еден месец нагоре, кои Мојсеј и Арон ги избројаа, по Господова заповед, по нивните родови, беа дваесет и две илјади.\n40 Господ му рече на Мојсеја: „Преброј ги сите машки израелски првороденци од еден месец нагоре па изврши попис на нивните имиња.\n41 И левитите додели Ми ги Мене - Јас Сум Господ - место сите израелски првенци, а левитскиот добиток место сите првородени на добитокот на Израелевите синови.”\n42 Така Мојсеј ги изброја сите израелски првороденци, како што му заповеда Господ.\n43 Во пописот имаше дваесет и две илјади и две стотини и седумдесет и три имиња на сите машки првенци од еден месец нагоре.\n44 Тогаш Господ му рече на Мојсеја:\n45 „Земи ги левитите место сите израелски првороденци, а левитскиот добиток место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас Сум Господ.\n46 А за откупнина на двеста седумдесет и три израелски првороденци, што ги има повеќе од левитите,\n47 земи по пет шекели на глава, земи ги според храмскиот шекел: дваесет гери - еден шекел.\n48 Тогаш предај им ги тие сребреници на Арона и на неговите синови за откуп на оние што се отповеќе.”\n49 Така Мојсеј ги прими сребрениците како откупнина за првенците што го надминуваа бројот на оние кои беа откупени од левитите.\n50 Прими од Израелевите првороденци во сребро илјада триста шеесет и пет шекели според храмската мерка.\n51 По Господов налог Мојсеј им го предаде среброто за откуп на Арона и на неговите синови, како што Господ му нареди на Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 971, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6461", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 11 глава", "text": "1 И народот почна да мрмори злобно во Господовите уши. Кога Господ го чу тоа, пламна со гнев. Господов оган избувна среде нив и изгоре еден крај на логорот.\n2 Народот извика кон Мојсеја, а Мојсеј Му се помоли на Господа, и огнот стивна.\n3 Тоа место го нарекоа Тавера, зашто Господов оган пламна на нив таму.\n4 Придојдениците среде нив ги опфати лакомство за јадење. А и Израелците пак почнаа да се поплакуваат, велејќи: „Кој ќе нè насити со месо!\n5 Си спомнуваме како јадевме бесплатно во Египет: риби, краставици, дињи, праз, кромид и лук.\n6 Сега нашиот живот венее, нема ништо пред нашите очи освен мана.”\n7 Маната беше како коријандрово семе и слична на боја од вделиј.\n8 Народот одеше наоколу, ја собираше, а потоа ја мелеше со рачници или ја толчеше во толчник. Ја вареше во грнче и правеше колачиња од неа. Вкусот и беше како вкус на колачиња зготвени со масло.\n9 Кога, ноќе, росата се спушташе во логорот, со неа се спушташе и маната.\n10 Мојсеј слушаше како народот се поплакува во своите семејства, секој при влезот на својот шатор. Господовиот гнев пламна жестоко, и Мојсеј се нажали:\n11 „Зошто го измачуваш Твојот слуга? - Мојсеј Му упати слово на Господа. Зошто не добив милост во Твоите очи, кога врз мене го стави теретот за сиот овој народ?\n12 Зар од мене произлегува сиот овој народ? Зар јас го родив, кога ми велиш: ‘Носи го во твоето крило, како што доилката го носи доилчето,’ во земјата што со заклетва им ја вети на нивните татковци!\n13 Откаде кај мене месо за да му го дадам на сиот овој народ, што плаче околу мене, велејќи: ‘Дај ни месо да јадеме!’\n14 Јас самиот не можам да го носам сиот овој народ. Претешко е тоа за мене.\n15 Ако и понатаму постапуваш вака со мене, подобро убиј ме; ако најдов милост во Твоите очи, за да не ја гледам повеќе својата беда.”\n16 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Собери ми седумдесет мажи меѓу Израелевите старешини, за кои знаеш дека се народни старешини и негови надгледувачи. Доведи ги во Шаторот на средбата, па нека ги заземат таму своите места со тебе.\n17 Јас ќе слезам и таму ќе зборувам со тебе; ќе земам од духот што е на тебе и ќе го ставам на нив. Така, со тебе, ќе го носат бремето на народот, за да не го носиш сам.\n18 Натаму, кажи му на народот: ‘Очистете се за утре, и ќе јадете месо, зашто плачевте во Господовите уши, говорејќи: „Кој ќе нè насити со месо? Ни беше добро во Египет.” И така, Господ ќе ви даде месо да јадете.\n19 Нема да го јадете само еден ден, ни пет дена, ни десет дена, ни дваесет денови;\n20 туку цел месец, сè додека не ви избие низ носалките и не ви се згади, зашто Го отфрливте Господа Кој е среде вас, мрморејќи пред Него со зборовите: „Зошто воопшто излеговме од Египет?!”‘„\n21 „Народот во кој се наоѓам - одговори Мојсеј - има шест стотини илјади пешаци, а Ти велиш: ‘Ќе им дадам месо да јадат цел месец.’\n22 Може ли да биде исклан целиот ситен и крупен добиток за да им биде доволно? Можат ли да се соберат сите риби од морето за да им биде доста?”\n23 Господ му рече на Мојсеја: „Зар Господовата рака е толку кратка? Сега ќе видиш дали ќе се збидне Моето слово или не.”\n24 Мојсеј излезе и му ги кажа на народот Господовите зборови, и собра седумдесет мажи од народните старешини и ги смести околу Шаторот.\n25 Господ слезе во облак и почна да зборува со нив. Потоа зеде од Духот што беше на него и го стави на оние седумдесет старешини. Кога Духот дојде на нив, почнаа да пророкуваат, но тоа не го повторија уште еднаш.\n26 Двајца останаа во логорот. На едниот името му беше Елдад, а на другиот Модад. Духот слезе и на нив - беа и тие меѓу запишаните, иако не дојдоа при Шаторот - тие почнаа да пророкуваат во логорот.\n27 Некој младец отрча и му јави на Мојсеја: „Елдад и Модад - рече - пророкуваат во логорот!”\n28 Исус, синот Навинов, кој му прислужуваше на Мојсеја од својата младост, прозбори и рече: „Мојсеј, мој господару, замолкни ги!”\n29 Мојсеј му одговори: „Зар завидуваш заради мене! Ох, кога сиот Господов народ би станал пророк! Кога Господ би Го излеал Својот Дух на нив!”\n30 Потоа Мојсеј и Израелевите старешини се вратија во логорот.\n31 Тогаш Господ заповеда па задува ветер и донесе потполошки од морето и ги расфрла околу логорот, на ден одење и од оваа и од онаа страна на логорот, и два лакти над земјата.\n32 Народот стана и собираше потполошки целиот ден, целата ноќ и целиот утрешен ден. Оној кој собра најмалку од нив имаше десет гомори. Потоа ги простреа околу логорот.\n33 Месото уште беше меѓу нивните заби - уште не го сожвакаа - кога пламна Господовиот гнев против народот: Господ го удри народот со страшен помор.\n34 Она место беше наречено Киврот Атава (Гробница на Лакомост), зашто таму ги закопаа оние што се полакомија.\n35 Од Киврот Атава народот се запати во Асирот; и се настанија во Асирот.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 865, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6467", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 14 глава", "text": "1 Тогаш завреви целото општество и почна да вика. И народот плачеше во таа ноќ.\n2 Сите Израелци роптаа против Мојсеја и Арона. Целата заедница им зборуваше: „О, да умревме во Египетската Земја! Или да изумревме во пустинава!\n3 Зошто Господ нè води во таа земја, за да паднеме од меч, а нашите жени и деца да станат робови! Зар не ќе ни биде подобро да се вратиме во Египет?!”\n4 И си велеа еден на друг: „Да си поставиме водач и да се вратиме во Египет!”\n5 Мојсеј и Арон паднаа на своите лица пред целата собрана израелска заедница.\n6 А Исус, синот Навинов, и Халев, синот Ефониев, кои беа меѓу оние кои ја согледуваа земјата, ја скинаа својата облека.\n7 Потоа му рекоа на целото Израелско општество: „Земјата низ која поминавме за да ја согледаме е премногу добра.\n8 Ако ни биде Господ милостив, ќе нè доведе во таа земја, и ќе ни ја даде. Тоа е земја во која течат мед и млеко.\n9 Само, не бунете се против Господа! Не бојте се од народот на онаа земја; па тој е залаг за нас. Тие се без заштита, а Господ е со нас! Не бојте се од нив!”\n10 И додека целото општество веќе мислеше да ги каменува, Господовата слава им се јави во Шаторот на средбата на сите Израелеви синови.\n11 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе Ме презира тој народ? До кога не ќе Ми верува и покрај сите знаци што ги извршив среде нив?\n12 Ќе ги удрам со помор и ќе ги истребам, а од тебе ќе направам народ поголем и посилен од него.”\n13 Тогаш Мојсеј Му рече на Господа: „Египетците сфатија дека Ти, со Твојата сила, го изведе овој народ отсреде нив.\n14 Тие им го кажаа тоа на жителите на онаа земја. Веќе научија дека Ти си, Господи, среде овој народ, кому му се јавуваш лице во лице, и дека Ти, Господи, стоиш во облак над него, дека одиш пред него дење во столб од облак, а ноќе во столб од оган.\n15 Затоа, ако го истребиш овој народ како еден човек, народите што чуја глас за Тебе, ќе речат:\n16 ‘Господ беше немоќен да го доведе овој народ во земјата што му ја вети под заклетва, и затоа го погуби во пустината.’\n17 Затоа нека се возвеличи силата на Мојот Господ, како што рече, велејќи:\n18 ‘Господ е долготрпелив и многумилостив; ги проштава беззаконијата и престапите, но не го остава виновниот неказнет, туку го казнува безаконието на татковците врз децата до третото и четвртото поколение.’\n19 Прости му го гревот на овој народ, по Твојата голема милост, како што му проштаваше на овој народ од Египет дотука.”\n20 „Им проштавам, на твојот збор - рече Господ.\n21 Но Јас Сум жив и со Господовата слава е полна целата земја!\n22 Сите кои ги видоа: Мојата слава и знаците што ги направив во Египет и во пустината, па сепак ме искушуваа десетпати не сакајќи да го послушаат Мојот глас,\n23 нема да ја видат земјата што со заклетва им ја ветив на нивните татковци; сите, кои Ме презираат, нема да ја видат.\n24 А Мојот слуга Халев, зашто во него беше инаков дух и зашто ми беше послушен, Јас ќе го воведам него во земјата во која влезе, и неговите потомци ќе ја наследат! (Амаликците и Ханаанците живеат во долината).\n25 Вратете се утре и тргнете кон Црвеното Море.”\n26 Уште Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n27 „До кога тоа лукаво општество ќе ропта против Мене? Ги чув оптужбите што Израелевите синови ги подигаат против Мене.\n28 Кажи им: ‘Жив Сум Јас, вели Господ, како што зборувавте во Моите уши, така и ќе ви сторам.\n29 Вашите мртви тела ќе паднат во оваа пустина: на сите вас што сте запишани во кој и да е попис од дваесет години нагоре, кои викавте против Мене.\n30 Нема да влезете во земјата, против која ја дигнав Мојата рака, за да ве населам во неа, освен Халев, синот Ефониев, и Исус синот Навинов.\n31 А вашите деца, за кои велевте дека ќе станат робови, нив ќе ги воведам за да ја населат земјата што вие ја презревте.\n32 А вие! Вашите трупови ќе паднат во пустинава!\n33 Вашите синови ќе скитаат низ пустината четириесет години, ќе трпат заради вашата невера додека не ви испопаѓаат телата во пустинава.\n34 Според бројот на деновите во кои ја согледувавте земјата - четириесет денови; за секој ден една година - четириесет години ќе ги носите вашите беззаконија, за да знаете што значи да се биде оттуѓен од Мене.\n35 Јас, Господ, го велам тоа: така ќе постапам со оваа зла заедница, што се собрала заедно против Мене: сите тие ќе загинат и ќе изумрат во пустинава.’”\n36 А оние луѓе, кои Мојсеј ги испрати да ја согледаат земјата, и кои по враќањето го возмутија целото општество против него, прогласувајќи ја земјата за лоша;\n37 тие, кои ја прикажаа земјата како лоша, изумреа од помор пред Господа.\n38 Само Исус, синот Навинов, и Халев, синот Ефониев, останаа живи од оние луѓе, кои отидоа да ја согледаат земјата.\n39 Кога Мојсеј им ги пренесе зборовите на Израелците, луѓето плачеа горчливо,\n40 станувајќи рано, почнаа да се искачуваат кон врвот на гората, велејќи: „Еве се искачуваме кон местото за кое зборуваше Господ, зашто згрешивме.”\n41 А Мојсеј рече: „Зошто ја престапувате Господовата заповед? Не ќе успеете.\n42 Не одете горе, оти Господ не е помеѓу вас, да не би да ве поразат вашите непријатели.\n43 Зашто Амаликците и Ханаанците таму се пред вас, и ќе паднете од меч; зашто отстапивте од Господа и затоа Господ не ќе биде со вас.”\n44 Но тие се искачуваа упорно кон врвот на гората, иако ни Ковчегот на Господовиот Завет ни Мојсеја не го оставија логорот.\n45 Амаликците и Ханаанците, кои живееја на планината, слегоа, удрија на нив и ги гонеа сè до Хорма.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 987, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6473", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 17 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Образложи им на Израелевите синови и земи од нив по еден жезал за секој прадедовски дом; земи дванаесет жезли од сите нивни старешини за нивните прадедовски домови. Името на секого напиши го врз неговиот жезал.\n3 А бидејќи има по еден жезал за секој началник на прадедовските домови, Ароновото име напиши го врз Левиевиот жезал.\n4 Тогаш положи ги во Шаторот на средбата пред Сведоштвото; таму каде што Јас ви се јавувам вам.\n5 Жезалот на човекот кого ќе го изберам ќе расцвета. Така ќе го смирам ропотот на Израелевите синови, со кого роптаат против вас.”\n6 Мојсеј им кажа на Израелевите синови така. Сите нивни началници му дадоа жезал, по еден жезал за секој старешина, и така, дванаесет жезли за нивните прадедовски домови. Меѓу нивните жезли беше и Ароновиот жезал.\n7 Мојсеј ги положи жезлите пред Господа во Шаторот на сведоштвото.\n8 Кога на другиот ден Мојсеј влезе во Шаторот на сведоштвото, ете: Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, распупел! Потерала млада гранка, расцветал цвет и созреале бадеми.\n9 Тогаш Мојсеј им ги изнесе од пред Господа, сите жезли на Израелевите синови. Тие ги разгледаа, а потоа секој го зеде својот жезал.\n10 Господ му рече на Мојсеја: „Положи го пак Ароновиот жезал пред Сведоштвото, на чување, како знак за непокорните, за да прекрати нивното роптање против Мене и за да не изгинат.”\n11 И Мојсеј направи: како што Господ му заповеда, така направи.\n12 „Изгинавме - му рекоа Израелевите синови на Мојсеја. Пропаднавме! Сите редум гинеме!\n13 Секој, кој ќе се приближи до Господовиот Шатор, умира. Зар ќе изгинеме сите?”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 272, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6469", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 15 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе влезете во земјата во која ќе живеете и која Јас ви ја давам,\n3 и кога ќе почнете да Му принесувате жртва на Господа: паленица или закланица, жртва заветница или доброволна, или принос по повод вашите празници - правејќи така од крупниот или од ситниот добиток пријатен мирис за Господа -\n4 жртвоприносникот нека го принесе својот дар на Господа: лебен принос од десет ефи чисто брашно, измешано со четврт ин масло.\n5 Покрај паленицата или покрај закланицата принеси четвртина ин вино за налевница на секое јагне.\n6 А принесувајќи овен, принеси и лебен принос: две десетини ефи пченично чисто брашно, измешано со една третина ин масло;\n7 принеси и вино за налевница третина ин за благоугоден мирис на Господа.\n8 Ако Му принесуваш на Господа јунец како паленица или како закланица, за да исполниш завет или како помирителна жртва,\n9 тогаш покрај јунецот нека се принесат: три десетини ефа пченично чисто брашно, измешано со половина ин масло,\n10 а за налевница принеси половина ин вино, како паленица за пријатен мирис на Господа.’\n11 ‘Така нека се постапи при секое принесување на вол, на овен, и на секоја глава ситен добиток, овца или коза:\n12 колку и да ги принесете, направете така за секое одделно, според нивниот број.\n13 Секој роден во татковината нека постапува вака, кога принесува палена жртва за пријатен мирис на Господа.\n14 И ако некој туѓинец, кој живее среде вас, или ќе биде среде вашите потомци, посака да принесе паленица за благоугоден мирис на Господа, нека прави така како што правите и вие.\n15 Нека е еден закон и за вас и за туѓинецот, кој живее среде вас. Тоа е вечен закон за вашите поколенија: пред Господа, како што е со вас, така нека биде и со странецот, кој живее среде вас.\n16 Еден закон и една заповед да е за вас и за туѓинецот кој е придојден меѓу вас.’”\n17 Господ му рече на Мојсеја:\n18 „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе дојдете во земјата во која ве водам,\n19 и кога ќе го јадете лебот на таа земја, принесете Му воздигнат принос на Господа.\n20 Како првина од своето тесто принесете еден колач како воздигнат принос; принесете го како и воздигнат принос од гумното.\n21 Од првините на своето тесто давајте Му на Господа воздигнат принос од поколение до поколение.’\n22 ‘Ако згрешите неволно и не исполнувате некоја од заповедите што Господ ги соопшти преку Мојсеја -\n23 сè што Господ ви нареди преку Мојсеја, оттогаш кога ви ги даде заповедите па натаму од колено до колено -\n24 тогаш: ако е направено тоа поради невнимание скришно од општеството, целото општество нека принесе еден јунец како паленица за пријатен мирис на Господа со лебен принос и со налевница, според правилникот, и еден јарец во жртва за грев.\n25 И свештеникот ќе направи покривање на гревот за целото општество на Израелевите синови, па ќе им биде простено; зашто тоа беше грешка, а тие го принесоа својот дар - палена жртва на Господа - и принос за грев пред Господа за своето невнимание.\n26 Ќе и биде простено на сета израелска заедница, а така и на странецот, кој живее среде нив, зашто целиот народ згреши од незнаење.’\n27 ‘Ако згреши поединец од незнаење, нека принесе едно женско јаре годиначе како жртва за грев.\n28 И свештеникот ќе направи покривање на гревот за човекот, кој згрешил неволно од незнаење, и ќе биде чист, и ќе му биде простено.\n29 Кога некој ќе згреши од невнимание, нека ви важи еден закон и за домородецот и за странецот, кој живее среде вас.\n30 Но оној кој направи нешто волно, било да е роден во татковината или странец, тој хули на Господа. Таквиот нека биде истребен од својот народ,\n31 зашто го презре Господовото слово и ја прекрши Неговата заповед. Таквиот нека биде истребен. Неговата вина нека падне на него!’”\n32 Кога Израелевите синови беа во пустината, најдоа човек како бере дрва во саботен ден.\n33 И тие, кои го најдоа дека бере дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и при целото општество.\n34 Го ставија под стража, зашто уште не беше одредено што треба да се прави со него.\n35 „Човекот треба да биде погубен! - му рече Господ на Мојсеја. Сето општество нека го затрупа со камења надвор од логорот.”\n36 Целата заедница го изведе надвор од логорот и го каменува, и тој загина, како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n37 Господ му рече на Мојсеја:\n38 „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: Нека прават реси на рабовите на своите облеки, од род до род; а за ресата на секој раб нека врзуваат сина врвца.\n39 Ќе имате реси за да ве потсетува погледот врз нив на сите Господови заповеди. Исполнувајте ги, а не се занесувајте со своето срце и со своите очи што толку лесно ве заведуваат во неверие.\n40 Така ќе си спомнувате за сите Мои заповеди, ќе ги исполнувате и ќе бидете свети пред вашиот Бог.\n41 Јас Сум Господ, вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја за да ви бидам Бог. Јас, Господ, вашиот Бог.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 865, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6453", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 7 глава", "text": "1 Во оној ден кога Мојсеј го сврши поставувањето на Шаторот и кога го помаза и го посвети со сите негови садови, а исто и жртвеникот со сите негови прибори,\n2 тогаш пристапија Израелевите главатари, старешините на нивните прадедовски домови, односно племенските водачи, кои го спроведуваа пописот,\n3 и ги доведоа пред Господа своите приноси: шест покриени коли и дванаесет волови - по една кола за двајца главатари и по еден вол за секој поединец. Ги доведоа пред Шаторот.\n4 Тогаш Господ му проговори на Мојсеја:\n5 „Прими го тоа од нив за употреба при службата во Шаторот на средбата; потоа подај му го тоа на секој левит според неговата служба.”\n6 Мојсеј ги зеде колите и воловите па им ги даде на левитите.\n7 Две коли и четири вола им даде на Гирсоновците според нивната служба,\n8 а четири коли и осум вола им даде на Мерариевците, според нивната служба под водство на Итамар, син на свештеникот Арон.\n9 На Каатовците не им даде ништо, зашто нивната задача беше да ги носат посветените нешта на раменици.\n10 Тогаш началниците принесоа принос за осветување на жртвеникот во денот на неговото помазание. Додека началниците ги принесуваа своите приноси пред жртвеникот,\n11 Господ му рече на Мојсеја: „Секој ден по еден началник нека го донесе својот принос за осветување на жртвеникот!”\n12 Во првиот ден својот принос го донесе Насон, синот Аминадавов, од Јудиното племе.\n13 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел: и едното и другото беа наполнети со чисто брашно замешано со масло, за лебен принос.\n14 Потоа, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n15 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n16 еден јарец за жртва за грев,\n17 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Насона, Аминадавовиот син.\n18 Во вториот ден својот принос го донесе Натанаил, Согаровиот син, кнезот на Исахаровците.\n19 Како свој принос донесе: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот (храмски) шекел, двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n20 потоа една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n21 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе за паленица;\n22 еден јарец за жртва за грев,\n23 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Натанаила, Согаровиот син.\n24 Во третиот ден својот принос го донесе началникот на Завулоновците, Елијав, синот Хелонов.\n25 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n26 една златна кадилница, полна со темјан;\n27 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n28 еден јарец за жртва за грев;\n29 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елијава, Хелоновиот син.\n30 Во четвртиот ден својот принос го донесе началникот на Рувимовците, Елисур, синот Седиуров.\n31 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n32 тогаш, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n33 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n34 еден јарец за жртва за грев,\n35 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисура, Седиуровиот син.\n36 Во петтиот ден својот принос го донесе началникот на Симеоновите синови, Саламил, синот Сурисадаев.\n37 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n38 една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n39 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n40 еден јарец за жртва за грев,\n41 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Саламила, Сурисадаевиот син.\n42 Во шестиот ден својот принос го донесе началникот на Гадовите синови, Елисаф, синот Рагуилов.\n43 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n44 една златна кадилница од десет шекели полна со темјан;\n45 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n46 еден јарец за жртва за грев,\n47 а за помирница: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисафа, Рагуиловиот син.\n48 Во седмиот ден својот принос го донесе началникот на Ефремовците, Елисам, син Емиудов.\n49 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n50 една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n51 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица,\n52 еден јарец за жртва за грев;\n53 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисама, Емиудовиот син.\n54 Во осмиот ден својот принос го донесе началникот на Манасиевите синови, Гамалаил, синот Фадасуров.\n55 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n56 една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n57 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n58 еден јарец за жртва за грев,\n59 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Гамалаила, Фадасуровиот син.\n60 Во деветтиот ден својот принос го донесе началникот на Венијаминовите синови, Авидан, синот Гедеониев.\n61 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n62 една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан,\n63 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n64 еден јарец за жртва за грев,\n65 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Авидана, Гедеониевиот син.\n66 Во десеттиот ден својот принос го донесе началникот на Дановите синови, Ахиезер, синот Амисадаев.\n67 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, како лебен принос;\n68 една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n69 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n70 еден јарец за жртва за грев,\n71 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиезера, Амисадаевиот син.\n72 Во единаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Асировците, Фагаил, синот Ехранов.\n73 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n74 една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n75 еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;\n76 еден јарец за жртва за грев,\n77 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше принос на Фагаила, Ехрановиот син.\n78 Во дванаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Нефталимовите синови, Ахиреј, синот Енанов.\n79 Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;\n80 една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;\n81 еден јунец, еден овен, едно јагне од една година, за паленица;\n82 еден јарец за жртва за грев,\n83 а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиреја, Енановиот син.\n84 Тоа беа приносите на Израелевите началници за осветување на жртвеникот во денот кога беше помазан: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши и дванаесет златни кадилници.\n85 Секоја сребрена чинија тежеше сто и триесет шекели; секоја чаша седумдесет шекели. Вкупно сребро во садовите имаше две илјади и четири стотини светилишни шекели.\n86 Златни кадилници, полни со темјан, беа дванаесет; секоја кадилница тежеше десет храмски шекели. Сето злато во кадилниците тежеше сто и дваесет шекели.\n87 Сиот добиток за паленици: дванаесет јунци, дванаесет овни, дванаесет едногодишни јагниња, со лебните приноси. За жртвата за грев: дванаесет јарци.\n88 Сиот добиток за помирителната жртва: дваесет и четири јунци, шеесет овни, шеесет јариња и шеесет јагниња годиначиња. Тоа беа приносите за осветување на жртвеникот по неговото помазание.\n89 Кога Мојсеј влегуваше во Шаторот на средбата, за да разговара со Бога, слушаше како му зборува глас одозгора од Покривот што беше на Ковчегот на сведоштвото, меѓу двата херувима. Тогаш му зборуваше.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1534, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6471", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 16 глава", "text": "1 Кореј, син Исаров, син Каатов, син Левиев, па Датон и Авирон, синови Елијавови, и Авнан син Фалетов - Рувимови потомци -\n2 се дигнаа против Мојсеја заедно со двеста и педесет Израелеви синови, главатари на заедницата, угледни во собранието и познати луѓе.\n3 Тие се собраа околу Мојсеја и Арона, велејќи им: „Вие ја преминувате мерата! Сета заедница, сите нејзини членови, се свети, Господ е и среде нас. Зошто тогаш се возвишувате над Господовото општество!”\n4 Кога Мојсеј го чу тоа, падна на своето лице.\n5 Потоа им рече на Кореј и на целата негова дружина: „Утре Господ ќе покаже кој е Негов, и кој е свет, и кому му дозволува да Му се приближи. Кого ќе избере, и кого ќе го пушти при Себе.\n6 Направете вака: земете кадилници, Кореј и сите негови содружници;\n7 утре ставете во нив оган и посипете одозгора темјан пред Господа. Кого Господ ќе го избере, тој нека биде свет. Вие ја преминувате мерата, синови Левиеви.”\n8 Потоа Мојсеј му рече на Кореј: „Почујте, Левиеви синови!\n9 Зар ви е малку што Израелевиот Бог ве издвои од Израелевото општество, за да ве приближи кон Себе за да ја вршите службата во Господовиот Шатор, и да стоите пред заедницата служејќи и?\n10 Те доближи тебе и со тебе сите твои браќа, Левиеви синови; а вие уште барате и свештенство!\n11 Ти и сета твоја дружина, така, се собравте против Господа; зашто кој е Арон за да викате против него?”\n12 Потоа Мојсеј испрати по Датан и Авирон, синовите Елијавови, но тие одговорија: „Не доаѓаме!\n13 Зар е малку што нè изведе од земјата во која течат мед и млеко за да нè погубиш во пустинава; па сакаш насилно да загосподариш над нас?\n14 Не нè воведе во земја во која течат мед и млеко и не ни даде во наследство ниви и лозови насади! Сакаш ли да им ги ослепиш очите на луѓево! Не доаѓаме!”\n15 Мојсеј се налути многу и Му рече на Господа: „Не обѕрнувај се на нивните приноси! Не присвоив ниту едно нивно осле, ниту оштетив некого од нив.”\n16 Потоа Мојсеј му рече на Кореј: „Ти и сета твоја дружина истапете утре пред Господа; ти и тие, и Арон.\n17 Секој нека ја земе својата кадилница, нека стави темјан во неа и секој нека ја донесе својата кадилница пред Господа - двеста и педесет кадилници. А и ти и Арон донесете ја секој својата кадилница.”\n18 Секој ја зеде својата кадилница, стави оган во неа, потоа одозгора посипа темјан и застана, со Мојсеја и Арона, кај влезот во Шаторот на средбата.\n19 Кога - спроти нив - Кореј го собра целото општество при влезот во Шаторот на средбата, тогаш Господовата слава и се покажа на сета заедница.\n20 И Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n21 „Одделете се од заедницава за да ја сотрам веднаш!”\n22 Тие паднаа ничкум и извикаа: „Боже! Господару на духовите на секое тело! Зар ќе се разгневиш на сета заедница, кога згрешил само еден!”\n23 Тогаш Господ му рече на Мојсеја:\n24 „Речи му на општеството: ‘Отстранете се од околината на живеалиштата на Кореј, Датан и Авирон!’”\n25 Мојсеј стана и тргна кон Датан и Авирон. По него тргнаа Израелевите старешини.\n26 И вака му проговори на општеството: „Отстапете од шаторите на тие нечесни луѓе! Не допирајте се до ништо што е нивно, за да не бидете уништени заради нивните гревови.”\n27 Така тие се оддалечија од околината на живеалиштата на Кореј, Датан и Авирон. Тогаш Датан и Авирон излегоа и застанаа при влезот на своите шатори со своите жени, со своите синови и со своите мали деца.\n28 „По ова ќе видите - рече Мојсеј - дека Господ ме испрати да ги исполнувам сите овие дела, и дека не ги правам сам од себе:\n29 ако овие луѓе умрат како што умираат сите луѓе, тогаш Господ не ме испратил; ако ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите луѓе, тогаш Господ не ме испратил.\n30 Но ако Господ направи нечуено: ако земјата ја отвори својата утроба и ги проголта со сè што е нивно, па ако слезат живи во подземјето, тогаш знајте дека овие луѓе Го презреа Господа.”\n31 А кога тој ги заврши сите тие зборови, почвата под нив распука;\n32 земјата ја отвори својата утроба и ги проголта со нивните домови, со сите Корееви луѓе и со сиот нивен имот.\n33 Живи слегоа во подземјето, тие и сè нивно. Потоа земјата се затвори над нив, и тие исчезнаа од собранието.\n34 На нивниот писок сите Израелеви синови, кои стоеја околу нив, избегаа, говорејќи: „Да не нè проголта и нас земјата!”\n35 Но оган избувна од Господа и ги голтна двеста и педесетте луѓе кои принесуваа темјан.\n36 Господ му рече на Мојсеја:\n37 „Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон да ги отстрани кадилниците од пожариштето, зашто се осветени, а неосветениот оган од нив нека го распрсне подалеку.\n38 Кадилниците на оние кои згрешија и кои со гревот го закопаа животот нека се прековат во плочки за обложување на жртвеникот. Имено, беа донесени пред Господа, па се осветени. Нека им бидат опомена на сите Израелеви синови!”\n39 Така свештеникот Елеазар ги зеде бронзените кадилници што ги принесоа оние кои изгореа; ги прековаа во плочки за обложување на жртвеникот.\n40 Тие се опомена за Израелевите синови дека никој неповикан - никој кој не е од Ароновото поколение - не смее да се приближи да пали темјан пред Господа, за да не му се случи како на Кореј и на неговата дружина, според она што Господ му кажа преку Мојсеја.\n41 Утреден целото општество на Израелевите синови возропта против Мојсеја и Арона: „Го истепавте Господовиот народ!” зборуваа.\n42 Додека заедницата се собираше против Мојсеја и Арона, тие се свртија кон Шаторот на средбата, и ете, облак го покри и Господовата слава се јави.\n43 Тогаш Мојсеј и Арон отидоа пред Шаторот на средбата.\n44 И Господ му рече на Мојсеја:\n45 „Оддалечете се од заедницата; ќе ги погубам во еден миг!” Но тие паднаа на своите лица.\n46 Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Земи кадилница, стави оган од жртвеникот во неа, сложи темјан и побрзај до заедницата, па застапи се за неа, зашто Господовиот гнев избувна, и злото почна!”\n47 Арон зеде што му рече Мојсеј и отрча среде собранието, а кога таму: поморот почнал веќе меѓу народот.\n48 Потоа застана меѓу мртвите и живите, и злото запре.\n49 Од тоа зло беа четиринаесет илјади и седум стотини мртви, освен оние кои загинаа заради Кореј.\n50 Арон се врати кај Мојсеја, кон влезот на Шаторот на средбата: и поморот запре.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1096, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6475", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 18 глава", "text": "1 Тогаш Господ му рече на Арона: „Ти, твоите синови и твојот прадедовски дом, со тебе, ќе бидете одговорни за гревовите во Светилиштето; ти и твоите синови, со тебе, ќе бидете одговорни за гревовите на вашето свештенство.\n2 Придружи ги кон себе и твоите браќа од Левиевото племе - од твојот прадедовски дом - нека ти се приклучат за да ви прислужуваат, тебе и на твоите синови со тебе, пред Шаторот на сведоштвото.\n3 Нека исполнуваат служба за тебе и за сиот Шатор, но нека не се доближуваат до работите на Светилиштето ниту до Жртвеникот, за да не загинете и тие и вие.\n4 И така, нека ти бидат придружени тебе и нека се грижат за Шаторот на средбата, за секоја служба околу Шаторот. И ниеден странец нека не ви се доближува вам,\n5 а вие исполнувајте ја службата во Светилиштето и службата при жртвеникот, за да не се излева веќе гнев врз Израелевите синови.\n6 Еве, ги зедов вашите браќа левити, од Израелевите синови, и ви ги дадов вам, во дар на Господа, за исполнување на службата при Шаторот на средбата.\n7 Ти и твоите синови, со тебе, преземете ги свештеничките работи за сè што им припаѓа на жртвеникот и зад завесата. Исполнувајте ја вие службата што ви ја давам во дар на вашето свештенство. А странецот, кој ќе се доближи, нека биде погубен.”\n8 Уште му рече Господ на Арона: „Еве, тебе ти ја доверувам грижата затоа што ќе Ми биде принесувано Мене. Сè што Израелевите синови посветуваат ви го давам тебе и на твоите синови, заради вашето помазание, со вечен устав.\n9 Ова нека ти припадне тебе од светините над светините: од палениците: сите нивни лебни приноси; сите нивни жртви за грев и сите нивни приноси за престап, што тие ќе Ми ги принесуваат Мене. Таа голема светина е за тебе и за твоите синови!\n10 Јадете ги во најсветото место! Секое машко може да ги јаде. Нека ти бидат свети!\n11 И ова нека биде за тебе: она што се зема од Израелевите приноси како движен принос, со траен закон, ви го предавам: тебе, на твоите синови и на твоите ќерки со тебе. Секој, кој е чист во твојот дом, може да јаде од тоа.\n12 Ти ги предавам тебе: првите плодови што Му се принесуваат на Господа, најдоброто од новото масло и најдоброто од новото вино.\n13 Твои нека бидат првите родови од сè во нивната земја, што ќе ги донесуваат на Господа. Секој, кој е чист во твојот дом, може да ги јаде.\n14 Сè, што ќе биде заветувано во Израел нека биде твое.\n15 Секое првородено на сите суштества - како на луѓето така и на животните - што Му се принесува на Господа, нека биде твое. Само остави да бидат откупени: првенецот од луѓето и првото родено од нечистиот добиток.\n16 Остави да ги откупуваат кога ќе бидат на возраст од еден месец. А одреди ја нивната откупна цена: пет сребрени шекели, според светилишниот шекел, а тоа се дваесет гери.\n17 Но нека не бидат откупувани: кравјото првородено, овчјото првородено и козјото првородено. Тие се светина. Нивната крв излеј ја врз жртвеникот, а нивната лој изгори ја како паленица за благоугоден мирис на Господа.\n18 Нивното месо ти припаѓа тебе; како и градите на движниот принос и десната плешка.\n19 Сите воздигнати приноси, што Израелците ги воздигаат пред Господа, ви ги давам: тебе, на твоите синови и на твоите ќерки со тебе, со вечен закон. Тоа е посолен завет, вечен пред Господа, за тебе и за твоето потомство со тебе.\n20 Немај наследство во нивната земја - му рече Господ на Арона - ниту придобивај сопственост среде нив! Јас Сум твој дел и твое наследство среде Израелевите синови.”\n21 „Еве, на Левиевите синови им ги давам во наследство сите десетоци во Израел за нивната служба - за службата што ја вршат во Шаторот на средбата.\n22 А Израелевите синови веќе нека не се доближуваат до Шаторот на средбата, за да не навлечат грев врз себе и да не загинат.\n23 Само левитите нека ја извршуваат службата во Шаторот на средбата; и тие нека бидат одговорни за својата вина. Тоа е вечен закон за вашите поколенија; нека немаат имот среде Израелевите синови.\n24 Бидејќи десетокот на Израелевите синови, што Му го подаруваат на Господа како воздигнат принос, им го давам во дел на левитите; затоа и им реков: ‘Тие нека не добиваат дел меѓу Израелевите синови.’”\n25 Господ му рече на Мојсеја:\n26 „Зборувај им на левитите и речи им: ‘Кога ќе примите десеток од Израелците, што Јас од нив ви го давам во наследство, тогаш: принесете Му вие од тоа на Господа воздигнат принос: десеток од десетокот.\n27 Приносот ќе ви биде засметан како жито од гумно и како вино од бочва.\n28 Исто така принесете Му воздигнат принос на Господа и од сите свои десетоци што ги примате од Израелевите синови. Од тоа дајте му го Господовиот воздигнат принос на свештеникот Арон.\n29 Принесувајте Му воздигнат принос на Господа од сите дарови што ќе ги примате; од сè она што е најдобро - оној дел што треба да биде осветен.’\n30 Уште речи им: ‘Откако ќе го принесете она од најдобриот дел, тоа нека им се засмета на левитите како приход од гумно и приход од бочва.\n31 Можете да го јадете на секое место, вие и вашите домашни, зашто тоа ви е награда за вашата служба во Шаторот на средбата.\n32 Откако ќе го принесете неговиот најдобар дел, нема да навлечете грев врз себе; не ќе ја онечистите светината од Израелевите синови, па нема да загинете.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 923, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6477", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 19 глава", "text": "1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:\n2 „Ова е законска одредба што Господ ја нареди: Кажи им на Израелевите синови нека ти доведат црвена јуница, здрава, на која нема недостатоци и врз која уште не е ставено јарем.\n3 А вие предајте ја на свештеникот Елеазар. Потоа нека ја изведат надвор од логорот и нека ја заколат пред него.\n4 Свештеникот Елеазар нека земе од нејзината крв на својот прст па со неа нека попрска седумпати кон предната страна на Шаторот на средбата.\n5 Потоа јуницата нека биде запалена пред неговите очи; нека и ги изгорат: кожата, месото, крвта и нечистотата.\n6 Потоа свештеникот нека земе кедрово дрво, босилек и црвено предено и нека ги фрли во средината на огнот, каде гори јуницата.\n7 Свештеникот нека ја испере својата облека и нека го искапе своето тело во вода. Потоа свештеникот нека се врати во логорот, но нека биде нечист до вечерта.\n8 И оној што ја изгорел нека ја испере својата облека и нека го искапе своето тело во вода и нека биде нечист до вечерта.\n9 А еден чист човек нека ја собере пепелта од јуницата па да ја стави надвор од логорот на чисто место, да се чува за водата на очистување за израелската заедница. Тоа е жртва за грев.\n10 И оној кој ќе ја собере пепелта од јуницата нека ја испере својата облека, и нека биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечен закон и за Израелевите синови и за странците, кои живеат среде нив.”\n11 „Кој ќе се допре до мртво човечко тело, нека биде нечист седум дена.\n12 Таквиот нека се измие со таа вода на третиот и на седмиот ден, па ќе биде чист. Ако не се измие на третиот ден и на седмиот ден, нема да биде чист.\n13 Кој ќе се допре до мртовец, до тело на умрен човек, а не се измие, го осквернува Господовиот Шатор. Таквиот нека биде истребен од Израел. Бидејќи не беше полиен со вода за очистување; нечист е; неговата нечистота е на него.”\n14 „Ова е закон кога некој ќе умре во шатор: секој кој ќе влезе во шаторот и секој кој е во шаторот, нека биде нечист седум дена.\n15 Секој отворен сад што не ќе биде покриен со поклопец, нека биде нечист.\n16 А на отворено поле, кој ќе се допре до загинат од меч, или до мртовец, или до човечки коски, или до гроб, нека биде нечист седум дена.\n17 За оној што станал нечист нека биде земена пепел од животното изгорено во жртва за грев, и - во некаков сад - нека налеат врз неа жива вода.\n18 Тогаш чист човек нека земе босилек, нека го накваси во водата и нека ги попрска: шаторот, сите садови, луѓето кои беа тука и оној, кој се допрел до коските или до убиениот или до умрениот или до гробот.\n19 Чистиот човек нека го попрскува нечистиот на третиот и на седмиот ден. Така ќе го очисти на седмиот ден. Тогаш тој нека ја испере својата облека, нека се измие во водата и нека биде чист навечер.”\n20 „А ако некој биде нечист и не се очисти, нека биде истребен од општеството зашто го онечистил Господовото светилиште; не бил полиен со вода за очистување; нечист е!\n21 И ова нека им биде вечен закон: и оној кој прскаше со водата за очистување, нека ја испере својата облека; и оној што ја допрел водата за очистување, нека биде нечист до вечерта.\n22 До што и да се допре нечистиот нека биде нечисто; а човекот што ќе се допре до него, нека биде нечист до вечер.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 603, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6479", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 20 глава", "text": "1 Потоа Израелевите синови стигнаа, сета заедница, во пустината Цин, во првиот месец. Народот се настани во Кадис. Маријам почина таму и ја погребаа таму.\n2 Немаше вода за заедницата. Затоа се здружија против Мојсеја и против Арона.\n3 Народот почна да се препира со Мојсеја и да вели: „О, да бевме изумреле кога и нашите браќа загинаа пред Господа!\n4 Зошто го доведовте Господовото општество во пустинава, за да изумреме тука и ние и нашиот добиток?\n5 Зошто нè изведовте од Египет, за да нè доведете во незгодново место; место во кое нема ни жито, ни смокви, ни грозје, ни калинки? Нема ни вода за да пиеме.”\n6 Мојсеј и Арон отидоа од народот кон влезот во Шаторот на средбата и паднаа на своите лица. Господовата слава им се јави тогаш.\n7 И Господ му рече на Мојсеја:\n8 „Земи го жезалот, па - ти и твојот брат Арон - соберете го општеството. Тогаш, пред нивни очи, речете и на карпата, и таа ќе даде вода од себе. И така ќе им извадиш вода од карпата и ќе ги напоиш: општеството и неговиот добиток.”\n9 Мојсеј го зеде жезалот од пред Господа, како што му нареди.\n10 Потоа Мојсеј и Арон го собраа народот пред карпата, па Мојсеј им рече: „Чујте, бунтовници! Дали ќе ви извадиме вода од карпава?”\n11 И Мојсеј ја подигна раката и удри со жезалот двапати по карпата: потече многу вода, па заедницата и нејзиниот добиток пиеја.\n12 А Господ им рече на Мојсеја и на Арона: „Бидејќи немавте вера во Мене, за да ја јавите Мојата светост пред очите на Израелевите синови, вие нема да го воведете народов во земјата, што му ја давам.”\n13 Тоа се водите на Мерива, крај кои Израелевите синови се препираа со Господа, а Тој им ја јави Својата светост.\n14 Од Кадис, Мојсеј му испрати посланици на царот на Едом: „Твојот брат Израел вели вака: ‘Ти ги знаеш сите страдања што нè најдоа.\n15 Нашите татковци се спуштија во Египет. Живеевме многу време во Египет. А Египетците постапуваа лошо со нас и со нашите предци.\n16 Затоа Му се молевме на Господа, и Тој го чу нашиот глас и испрати ангел, кој нè избави од Египет. Еве нè сега во Кадис, град на меѓата на твоето подрачје.\n17 Пушти нè да поминеме низ твојата земја. Не ќе врвиме низ полето ни низ лозјата, ниту ќе пиеме вода од твоите кладенци; ќе одиме по Царскиот Пат, не свртувајќи ни десно ни лево додека не поминеме преку твоето подрачје.’”\n18 Едом му одговори: „Не поминувај преку мојата земја, зашто ете ме со меч пред тебе!”\n19 „Ќе одиме по друмот - рекоа Израелевите синови - а ако пак пиеме твоја вода, ние или нашите стада, ќе платиме за тоа. Ништо повеќе, само да поминеме со нозе.”\n20 „Не поминувај!”- одговори. И Едом излезе против него со многу луѓе и со силна рака.\n21 Така Едом не му дозволи на Израел да помине преку неговите предели, и Израел се заврте од него.\n22 Запатувајќи се од Кадис, Израелевите синови стигнаа, сета заедница, до планината Ор.\n23 Кај гората Ор, покрај едомската меѓа, Господ им рече на Мојсеја и на Арона:\n24 „Арон нека им се придружи на своите луѓе! Нема да влезе во земјата што им ја давам на Израелевите синови, зашто се спротививте на Мојата заповед кај Меривските Води.\n25 Земи ги: Арона и сина му Елеазар, па изведи ги на гората Ор.\n26 И соблечи му ја на Арона неговата облека и облечи го во неа неговиот син Елеазар. Арон ќе им се придружи на своите луѓе, ќе умре таму.”\n27 Мојсеј направи како што нареди Господ. Се искачија на Ор пред целото општество.\n28 Мојсеј ја соблече од Арона неговата облека и му ја облече на неговиот син Елеазар. Арон почина таму, на врвот на гората. А Мојсеј и Елеазар слегоа од гората.\n29 Целото општество виде дека Арон почина, и сиот Израелев дом го оплакуваше Арона триесет денови.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 662, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6489", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 25 глава", "text": "1 Додека Израел живееше во Ситим, народот почна да блудствува со Моавските ќерки.\n2 Тие го повикуваа народот на жртвувањата на своите богови, а народот јадеше на нивните гозби и им се поклонуваше на нивните богови.\n3 Така Израел се прилепи до Фегорскиот Ваал. И Господ пламна со гнев против Израел.\n4 „Собери ги сите народни началници - му рече Господ на Мојсеја. Обеси ги пред Господа на бел ден, за да се одврати Господовиот гнев од Израел.”\n5 Тогаш Мојсеј им рече на израелевите судии: „Нека секој ги погуби оние свои луѓе, кои се прилепија до Фегорскиот Ваал.”\n6 Токму тогаш некој од Израелевите синови дојде и доведе една Мадијанка при своите браќа, пред очите на Мојсеја и пред очите на сето Израелско општество, кое заплака при влезот од Шаторот на средбата.\n7 Кога Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, го забележа тоа, стана пред заедницата: зеде копје во раката\n8 и тргна по Израелецот, во лежиштето, и ги прободе двата, Израелецот и жената; неа низ слабините, па прекрати поморот на Израелевите синови.\n9 А тие кои изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.\n10 Господ му рече на Мојсеја:\n11 „Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, ја одврати Мојата јарост од Израелевите синови, зашто покажа ревност за Мене, и Јас не ги истребив Израелевите синови во Мојата ревност.\n12 И така кажи му: ‘Еве, со него склучувам завет на мир.\n13 Тоа нека биде за него и за неговите потомци, после него, завет на вечно свештенство, зашто ревнуваше за својот Бог и ги застапи Израелевите синови.’”\n14 Името на Израелецот кој беше убиен - на оној кој беше погубен заедно со Мадијанката - беше Зимриј, син на Салу, началник на еден татковски дом на Симеоновците.\n15 А името на убиената жена Мадијанка и беше Хазвија. Беше Сурова ќерка. Сур беше родовски главатар на едно семејство во Мадијан.\n16 Господ му рече на Мојсеја:\n17 „Завојувај против Мадијанците и порази ги,\n18 зашто и тие војуваа против вас со итрина и ве измамија со Ваал-Фегор и со својата сестра Хазвија, ќерка на мадијански началник, која беше погубена во денот на поморот заради Фегор.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_25_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 360, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6481", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 21 глава", "text": "1 Царот на Арад, Хананец, кој живееше во Негев, чу дека Израел доаѓа по Атаримскиот Пат, па се нафрли врз Израел и зароби неколку од нив.\n2 Тогаш Израел вака Му се заветува на Господа: „Ако го предадеш во мои раце овој народ, наполно ќе ги разурнам неговите градови.”\n3 Господ го послуша гласот на Израел и му ги предаде Ханаанците. А Израел ги уништи нив и нивните градови со „истребување”. Затоа она место беше наречено Орма (Проклетство).\n4 Од гората Ор се запатија кон Црвеното Море за да ја заобиколат Едомската Земја. Патем народот стана нетрпелив.\n5 И почна да зборува и против Бога и против Мојсеја: „Зошто нè изведовте од Египет, за да изумреме во оваа пустина? Нема леб, нема вода, а тоа бедно јадење веќе им се згади на нашите души.”\n6 Тогаш Господ испрати лути змии против народот; тие ги каснуваа, така што изумре многу народ во Израел.\n7 Народот дојде при Мојсеја и рече: „Згрешивме кога зборувавме против Господа и против тебе. Помоли Му се на Господа да ги отстрани змиите од нас!” Мојсеј се помоли за народот,\n8 и Господ му рече на Мојсеја: „Направи отровница и стави ја на столб: секој кој ќе биде каснат, ќе остане жив ако ја погледне.”\n9 Мојсеј направи змија од бронза и ја стави на столб. Кога лутицата ќе каснеше некого, ќе погледнеше во бронзената змија и оздравуваше.\n10 Израелевите синови тргнаа и се настанија во Овот.\n11 Потоа отпатуваа од Овот и ги оптегнаа шаторите крај Ије-Аварим, во пустината што е спроти Моав, од страна на изгрејсонцето.\n12 Оттаму отпатуваа и заседнаа во долината Заред.\n13 Оттаму тргнаа и се настанија од онаа страна на Арнон, што е во пустината, а извира во подрачјето на Аморејците. Затоа Арнон е моавска граница, меѓу Моавците и Аморејците.\n14 Затоа се вели во „Книгата на Господовите војни:”\n15 „Вајеф во Суфа и арнонските потоци и падината на долината што се наведнува кон местото Ар и се допира до моавската граница. . .”\n16 Оттука отидоа во Вир (Кладенец). Тоа е кладенецот за кого Господ му рече на Мојсеја: „Собери го народот за да им дадам вода!”\n17 Тогаш Израел ја запеа оваа песна: „Бликај, о кладенче! А вие - пејте му;\n18 кладенецот, владетелите го ископаа, народните благородници со своите палки, го открија, со заповед на Законодавацот.” Од пустината отидоа во Матан,\n19 од Матан во Налиел, а од Налиел во Вамот;\n20 од Вамот во долината што се спушта во Моавското Поле, при врвот Фазге, од каде се тегне глетка кон пустината.\n21 Сега Израел испрати пратеници при Сион, аморејски цар, со порака:\n22 „Пушти нè да поминеме преку твојата земја. Нема да навраќаме во нивите и во лозјата, ниту ќе пиеме вода од кладенците. Ќе одиме по Царскиот Пат додека не поминеме низ твоето подрачје.”\n23 Но Сион не му дозволи на Израел да помине низ неговото подрачје, туку го собра сиот свој народ па излезе во пустината, за да го пресретне Израел. Откако стигна до Јаса, завојува против Израел.\n24 Но Израел го порази со остар меч и ја освои неговата земја од Арнон до Јавок, до Амонците, зашто Аз (Јазир) лежеше на границата на Амонците.\n25 Израел ги зеде сите оние градови, и Израел се насели во сите оние градови на Аморејците; во Есевон и во сите негови населби.\n26 Бидејќи Есевон беше главен град на Сион, аморејскиот цар, кој војуваше против поранешниот моавски цар, па ја освои сета негова земја до Арнон,\n27 затоа зборувачите во пословици велат: „Одете во Есевон! Нека се изгради и нека се утврди Сионовиот град!\n28 Зашто од Есевон пламна оган, пламен од градот Сионов, го опожари Моавскиот Ар, и првенците на високите арнонски места.\n29 Тешко ти тебе, Моаве! Пропадна! Хамосов народе! Направи бегалци од твоите синови, а робинки од твоите ќерки на аморејскиот цар Сион.\n30 Ги поразивме со стрели; пропадна Есевон сè до Девон: разурнувавме до Нофа, што е близу до Медева.”\n31 Така Израелците се населија во земјата на Аморејците.\n32 Мојсеј се запати да го извиди Јазир. Потоа ги зазедоа неговите населби, а ги истераа Аморејците, кои беа таму.\n33 Тогаш се завртија и тргнаа кон Васан. А васанскиот цар Ог ги пресретна со сиот свој народ за да војува кај Едраин.\n34 Но Господ му рече на Мојсеја: „Не бој се од него! Ги предадов во твоите раце: него, сиот негов народ и неговата земја. Постапи со него како што постапи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон.”\n35 И го поразија него, и неговите синови, и сиот негов народ. Потоа ја освоија неговата земја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_21_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 766, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6493", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 27 глава", "text": "1 Тогаш пристапија ќерките на Салпад, синот Оферов, син Галадов, син Махиров, син Манасиев, од родот на Јосифовиот син Манасиј. А имињата на ќерките беа: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса.\n2 Тие застанаа пред Мојсеја, пред свештеникот Елеазар, пред главатарите и пред сето општество при влезот во Шаторот на средбата па рекоа:\n3 „Нашиот татко умре во пустината. Не и припаѓаше на дружината што се побуни против Господа на Кореевата дружина - туку умре заради својот сопствен грев. Немаше синови.\n4 Зошто да исчезне името на нашиот татко од неговиот род? Бидејќи немаше син, дај ни наследство меѓу браќата на нашиот татко!”\n5 Мојсеј го изнесе нивното дело пред Господа.\n6 А Господ му рече на Мојсеја:\n7 „Салпадовите ќерки зборуваат право. Секако треба да им дадеш недвижен имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко.\n8 Натаму, кажи им на Израелевите синови: ‘Кога ќе умре некој човек а нема син, пренесете го неговото наследство на неговата ќерка.\n9 Ако нема ни ќерка, предајте го наследството на неговите браќа.\n10 Ако нема ни браќа, предајте го неговото наследство на браќата на неговиот татко.\n11 Ако татко му нема браќа, дајте му го неговото наследство на најблискиот роднина од неговиот род: нека ја земе тој во сопственост. Тоа нека им биде законска одредба на Израелевите синови, како што Господ му заповеда на Мојсеја.”\n12 Господ му рече на Мојсеја:\n13 „Искачи се на онаа гора - Аварим и разгледај ја земјата што им ја давам на Израелевите синови. А кога ќе ја разгледаш, ќе им се придружиш и ти на своите предци, како што им се придружи и твојот брат Арон.\n14 Зашто при побуната на општеството во пустината Цин и се спротививте на Мојата уста, место да ја покажете, со водата, Мојата светост во нивните очи.” (Тоа се водите на Мерива кај Кадис во пустината Цин).\n15 А Мојсеј Му проговори на Господа вака:\n16 „Господ, Бог на духовите на секое тело, нека постави човек над ова општество,\n17 кој ќе излегува пред него, кој ќе врви пред него, кој ќе го изведува и воведува, така што Господовата заедница да не биде како стадо што нема пастир.”\n18 „Земи го Исуса, синот Навинов!” - Господ му рече на Мојсеја. „Тоа е човек во кого има Дух. Положи ја твојата рака на него!\n19 Тогаш одведи го пред свештеникот Елеазар и пред целото општество, па дај му наредба пред нивните очи!\n20 Предај му дел од твојата власт, за да го слуша целото општество на Израелевите синови.\n21 И нека му се обратува на свештеникот Елеазар и нека го праша него за одлуките, со посредство на Урим пред Господа. На негова заповед нека излегуваат и на негова заповед нека влегуваат: тој и сите Израелеви синови со него, и целото општество.”\n22 Мојсеј направи како што Господ му заповеда: го зеде Исуса па го постави пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница.\n23 Потоа ги положи своите раце на него и му ги даде заповедите, како што Господ заповеда преку Мојсеја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_27_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 505, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6499", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 30 глава", "text": "1 Потоа Мојсеј им рече на началниците на Израелевите колена: „Господ го заповеда ова:\n2 Ако некој човек направи завет или ако се обврзе со заклетва дека ќе се одрече од нешто; нека не ги нарушува своите зборови; нека исполни сè што излегло од неговата уста!\n3 Ако некоја жена Му направи завет на Господа и ако се обврзе дека ќе се откаже од нешто уште додека е млада, во татковиот дом,\n4 а татко и научи за заветот и за ветувањата со кои се обврзала па не и рече ништо, тогаш се полноважни сите нејзини завети и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.\n5 Но ако татко и, кога ќе чуе, и забрани - никаков нејзин завет, ни нејзиното ветување со кое се обврзала, нема важност. Господ ќе и прости, зашто татко и и забранил.\n6 Ако се омажи додека е под своите завети или под ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста,\n7 па ако нејзинот маж научи и откако научи ако не и рече ништо, тогаш се полноважни нејзините завети и полноважни се ветувањата со кои се обврзала.\n8 Но ако нејзиниот маж и забрани, кога ќе чуе за тоа, со тоа се укинуваат нејзиниот завет и ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста. И Господ ќе и прости.\n9 А завет на вдовица, или на разведена жена, и сите обврски што ги презела врз себе, важат за неа.\n10 Ако се заветува или обврзе на ветување со заклетва додека е во куќата на својот маж,\n11 па ако нејзиниот маж чуе и ништо не и рече, ако не и забрани, полноважен е секој нејзин завет и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.\n12 Но ако нејзиниот маж ги прогласи за неважечки, кога ќе научи за нив, тогаш ништо што излезе од нејзината уста, нејзините завети или преземените обврски, немаат важност. Нејзиниот маж ги поништи, и Господ ќе и прости.\n13 Секој завет и секое заклетвено заречување, за смирување на душата, нејзиниот маж може да ги потврди или да ги поништи.\n14 Ако мажот не и рече ништо, од ден во ден, со тоа ги потврдува сите нејзини завети и сите нејзини ветувања со кои се обврзала; тој ги направил полноважни, зашто не рекол ништо кога чул за нив.\n15 Но ако ги поништи после, откако веќе чул за нив, тогаш тој ќе го носи нејзиниот грев.”\n16 Тоа се повелбите што Господ му ги заповеда на Мојсеја за односите меѓу мажот и неговата жена и меѓу таткото и неговата ќерка, која - уште млада - живее во татковиот дом.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_30_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 431, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6487", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 24 глава", "text": "1 Кога Валаам забележа дека Му е мило на Господ да го благословува Израел, не сакаше веќе да оди во потрага по знаци за баење, туку се сврти со лицето кон пустината.\n2 Валаам ги подигна очите и го виде Израел зашаторен по неговите племиња. Божји Дух слезе на него,\n3 и тој ја почна својата песна па рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед;\n4 пророштво на оној, кој ги слуша Божјите слова, кој го виде видението на Сèмоќниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отвораат:\n5 Колку ти се прекрасни шаторите, Јакове, и твоите живеалишта Израеле!\n6 Како долини што се тегнат, Како градини покрај речниот брег; како мирисливи дрва, посадени од Господа, како кедри покрај водите!\n7 Вода ќе се излее од неговото ведро и неговото семе ќе биде во силни води. Неговиот цар ќе го надвиши Агаг, неговото царство се воздига.\n8 Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови; тој ги проголтува непријателските народи,тој ги дроби нивните коски.\n9 Се собра, прилегна како лав и како лавица, кој смее да го разбуди? Благословен да е кој те благословува, проклет да е кој те проколнува!”\n10 И Валак пламна со гнев на Валаама и плесна со своите раце. „Те повикав да ги проколнеш моите непријатели - му рече Валак на Валаама - а, ете, ти ги благословуваш веќе по трет пат!\n11 Оди си веднаш во својот крај. Си реков ќе те почестам достојно! А, ете, Господ те лиши од почитувањето.”\n12 Тогаш Валаам му одговори на Валака: „Зар не им реков на твоите посланици, кои ги испрати при мене:\n13 ‘Да ми ја даде Валак својата куќа полна со сребро и злато, не можам да ја престапам Господовата повелба и да направам по своја волја било добро или зло: она што ќе го каже Господ, и јас ќе го речам тоа.’\n14 А сега, ете, кога си одам при својот народ, дојди, да ти откријам што ќе му направи овој народ на твојот народ во иднина!”\n15 И ја почна својата беседа и рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед,\n16 пророштво на оној, кој ги слуша Господовите зборови. Кој ја познава мудроста на Сèвишниот, кој ги виде виденијата на Сèсилниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отворуваат.\n17 Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина: Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел. Тој ги разбива управителите на Моав и ги сотира сите Ситови деца!\n18 Едом ќе биде под негово владеење, а Сир земја освоена, Израел ја пројавува својата сила,\n19 Јаков владее над непријателите и ги погубува преживеаните од Ир.”\n20 Валаам се загледа во Амалик, па ја почна својата беседа и рече: „Амалик е првенец меѓу народите, но неговиот крај е вечна гибел.”\n21 Тогаш се загледа во Кенејците, па ја почна својата беседа и рече: „Цврсто е твоето живеалиште, Кенеоне, гнездото ти е свиткано врз карпа!\n22 Но гнездото му припаѓа на Веор; до кога ќе му робуваш на Асур?”\n23 Пак ја почна својата беседа и рече: „Поморски народи се собираат од север!\n24 А бродовите од страната на Китим, го покоруваат Асур, го покоруваат Евер; па и него ќе го стигне вечна гибел.”\n25 Потоа Валаам стана и се запати назад во своето место, а Валак исто тргна по својот пат.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_24_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 572, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6485", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 23 глава", "text": "1 И Валаам му рече на Валака: „Направи ми тука седум жртвеници; приготви ми тука седум јунци и седум овни.”\n2 Валак направи како што му рече Валаам. А потоа Валак и Валаам принесоа по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.\n3 Потоа Валаам му рече на Валака: „Ти стој кај твојата паленица, а јас одам можеби да се сретнам со Господа, па што ќе ми открие, ќе ти кажам.” И тој отиде на високо осамено место.\n4 И Бог го сретна Валаама, кој му рече: „Подигнав седум жртвеници и принесов на секој по еден јунец и по еден овен.”\n5 А Господ положи зборови во устата на Валаама и му заповеда: „Врати се кај Валака и зборувај вака.”\n6 Валаам се врати кај него, а тој стоеше покрај својата паленица, и со него сите моавски кнезови.\n7 Тогаш тој ја почна својата песна и рече: „Од Арам ме доведе Валак, царот на Моав, од источните планини, велејќи: ‘Дојди, проколни ми го Јакова, Дојди, изречи зло против Израел!’\n8 Како можам да го проколнам кого Бог не го проколнува? Како да изречам зло? Кога Господ не му изречува?\n9 Зошто јас го гледам од врвот на карпите, Го набљудувам од високиот брег: ете, народ, кој живее одвоено, тој не се вбројува меѓу народите.\n10 Кој ќе го преброи Јакововиот песок бројот на четвртиот дел на Израел! О да се надевам дека ќе умрам со смртта на преведник! И мојот свршеток да биде како нивниот!”\n11 „Што ми стори! - му рече Валак на Валаама. Те доведов да ги проколнеш моите непријатели, а кога ете, ти ги опсипа со благослови!”\n12 Тој одговори: „Зар не ми е должност да го кажам она што Господ го става во мојата уста?”\n13 „Ајде со мене на друго место, откаде можеш да го видиш сиот - го замоли Валак. Оттука му го гледаш само едниот крај, а не го гледаш сиот. Проколни ми го оттаму!”\n14 Потоа го поведе во Седе-Зофим, на врвот Фасга. Тука изгради седум жртвеници и на секој жртвеник принесе по еден јунец и по еден овен.\n15 Тогаш Валаам му рече на Валака: „Стој тука покрај твојата паленица, а јас одам онаму во пресрет на Бога.”\n16 Господ го сретна Валаама; му стави зборови во неговата уста и му заповеда: „Врати се кон Валака и зборувај така!”\n17 И тој се врати при Валака, кој стоеше покрај својата паленица и моавските кнезови со него. Валак го праша: „Што рече Господ?”\n18 Тогаш Валаам ја почна својата песна и рече: „Стани, Валаку, и послушај! Послушај ме со увото, Сефоров сине!\n19 Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува?\n20 Ете, јас почнав да благословувам, зашто Тој благослови, и јас не можам да го сменам тоа.\n21 Не видов неправда во Јаков, ниту видов престап во Израел; Господ, неговиот Бог, е со него, и царско воскликнување има меѓу него.\n22 Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови.\n23 Нема волшебства против Јакова ниту вражања против Израел. И кога ќе им речат на Јаков и на Израел: ‘Што прави Бог?’\n24 Ете, народот ќе стане како лавица, ќе се крене како лав: нема да легне додека не го проголта пленот, додека не ја испие крвта на убиените.”\n25 Потоа Валак му рече на Валаама: „Не проколнувај го ни со клетва, но не благословувај го ни со благослов.”\n26 Валаам му одговори на Валака: „Зар не ти реков: ‘Сè што ќе рече Господ, тоа ќе правам.’”\n27 Потоа Валак му рече на Валаама: „Дојди! Ќе те одведам на друго место. Можеби на Бога ќе Му биде право да ми го проколнеш оттаму.”\n28 И Валак го одведе Валаама на врвот Фегора, откаде се тегне глетка кон Јешимон (Пустина на Јуда).\n29 „Изгради ми тука седум жртвеници - му рече Валаам на Валака. Натаму, приготви ми тука седум јунци и седум овни.”\n30 Валак направи како што рече Валаам и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_23_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 689, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6511", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 36 глава", "text": "1 Тогаш пристапија семејните главатари од родот на синовите на Галад, синот Махиров, син Манасиев, од едниот род на Јосифовите синови, па пред Мојсеја и пред старешините, пред главатарите на семејствата,\n2 рекоа: „Господ му нареди на нашиот господар да ја даде, со жрепка, оваа земја во наследство на Израелевите синови; натаму, Господ му нареди на нашиот господар да им го даде наследството на нашиот брат Салпад на неговите ќерки.\n3 Но ако тие се омажат за некој од друго израелско племе, тогаш нивното наследство ќе биде оттргнато од нашето дедовско наследство и ќе биде приклучено кон наследството на племето на кое тие ќе му припаднат. Така ќе биде одземено наследството што со жрепка ни припадна нам.\n4 А кога ќе настапи јубилејната година на Израелевите синови, делот на тие жени ќе му се додаде на делот на племето на кое ќе му припаднат. Така нивното наследство ќе биде одземено од наследството на нашето прадедовско племе.”\n5 И по Господова заповед Мојсеј им нареди на Израелците: „Племето на Јосифовите синови зборува право.\n6 Ова го наредува Господ за Салпадовите ќерки: Тие нека се мажат за оној, кој ќе им изгледа добар, само нека се мажат во родот на своето татковско племе.\n7 Наследството на Израелевите синови не смее да се пренесува од едно племе на друго; и секој Израелец треба да остане приврзан за прадедовското наследство на своето племе.\n8 Затоа секоја девојка, која ќе добие наследство во Израелевите племиња треба да се омажи за некој во племето на кое му припаѓа татковиот и род, така што секој Израелец ќе го запази наследството на татка си.\n9 Така наследството нема да се пренесува од едно племе во друго, туку секое израелско племе ќе се прилепува до својот дел.”\n10 Како што Господ му нареди на Мојсеја, така и направија Салпадовите ќерки:\n11 Мала, Терса, Егла, Мелха и Нуа; ќерките Салпадови, се омажија за синовите на своите стриковци.\n12 Бидејќи се омажија во родот на потомството на Манасиј, Јосифовиот син, нивното наследство остана во племето на кое им припаѓаше татковиот им род.\n13 Тоа се заповедите и законите што Господ им ги даде, преку Мојсеја, на Израелевите синови, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_36_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 369, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6483", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 22 глава", "text": "1 Потоа Израелевите синови отпатуваа и се влогорија во Моавските Полиња, отаде Јордан, спроти Ерихон.\n2 Валак, Сефоровиот син, виде сè што им стори Израел на Аморејците.\n3 Моав се исплаши мошне од тој народ зашто беше многуброен. Страв го опфати Моава од Израелците.\n4 Затоа Моав им рече на Мадијамските старешини: „Сега овој народ ќе изеде сè околу нас, како што волот ја испасува тревата по полето.” Валак, синот Сефоров, беше моавски цар во тоа време.\n5 Тој му испрати посланици на Валаама синот Веоров, во Фатур, што се наоѓаше покрај Реката, во земјата на Амонците. Го повика, велејќи: „Еве, еден народ дошол од Египет; еве го покри лицето на земјата и се насели покрај мене.\n6 Затоа дојди и проколни ми го овој народ, зашто е посилен од мене. Така ќе можам да го совладам и да го истерам од земјата. А знам дека е благословен оној кого ќе го благословиш, а проклет е оној кого ќе го проколнеш.”\n7 Моавските старешини и Мадијамските старешини тргнаа со подароци во своите раце за вражање. Стигнаа при Валаама и му ја пренесоа Валаковата порака.\n8 Тој им рече: „Ноќевајте тука, па ќе ви одговорам според она што ќе ми каже Господ.” Така моавските управители останаа кај Валаама.\n9 Бог дојде при Валаама и праша: „Кои се тие луѓе со тебе?”\n10 Валаам Му одговори на Бога: „Валак, Сефоровиот син, ги испрати кај мене со порака:\n11 ‘Еве, еден народ дошол од Египет и го покри лицето на земјата. Дојди да го проколнеш. Така ќе можам да го совладам и да ги истерам.’”\n12 Но Бог му рече на Валаама: „Не оди со нив! Не проколнувај го оној народ, зашто е благословен.”\n13 Наутро Валаам стана и им рече на Валаковите кнезови: „Одете си во вашата земја, зашто Господ не ме остава да тргнам со вас.”\n14 Моавските кнезови станаа, отидоа кај Валака и му рекоа: „Валаам не сакаше да тргне со нас.”\n15 Валак пак испрати кнезови, помногубројни и поугледни од првите.\n16 Тие дојдоа кај Валаама и му рекоа: „Валак, синот Сефоров, порача вака: ‘Не двоуми се, туку дојди при мене.\n17 Ќе те наградам богато и ќе направам сè што ќе речеш. Дојди, те молам, и проколни ми го овој народ!’”\n18 Но Валаам им одговори на Валаковите слуги: „Да ми ја даде Валак својата куќа полна со сребро и злато, не би можел да ги престапам заповедите на Господа, мојот Бог, за да направам нешто, било големо било мало.\n19 Но поминете ја и вие ноќта тука, за да научам што ќе ми рече уште Господ.”\n20 Во ноќта Бог дојде при Валаама и му рече: „Ако тие луѓе дојдоа да те повикаат, стани, тргни со нив! Но да правиш само тоа што ќе ти речам Јас!”\n21 Наутро Валаам стана, и и стави грубо дрвено седло на својата ослица и отиде со моавските кнезови.\n22 Но Божјиот гнев пламна зашто тој тргна. Затоа Господов Ангел застана на патот за да го спречи. Тој јаваше на својата ослица, а го придружуваа неговите два момка.\n23 Кога ослицата го забележа Господовиот Ангел како што стои на патот, со извлечен меч во раката, сврти од патеката и тргна по полето. Валаам почна да ја бие ослицата за да ја врати на патот.\n24 Тогаш Господовиот Ангел застана при тесниот премин, меѓу лозјата, а имаше ограда и од оваа и од онаа страна.\n25 Ослицата, забележувајќи го Господовиот Ангел, се стисна покрај ѕидот и ја притисна до ѕидот Валаамовата нога. Тој пак почна да ја бие.\n26 Господовиот Ангел тргна напред па застана на тесно место, каде не можеше да сврти ни десно ни лево.\n27 Кога ослицата го согледа Господовиот Ангел, легна под Валаама. Валаам се налути и почна да ја бие ослицата со стап.\n28 Тогаш Господ ја отвори устата на ослицата, па таа му проговори на Валаама: „Што ти сторив па ме биеш веќе трипати?”\n29 Валаам и одговори на ослицата: „Затоа што ме навреди! Да имам меч во раката, сега ќе те убиев!”\n30 А ослицата му одговори на Валаам: „Зар јас не сум твојата ослица на која јаваше во текот на целиот твој век до денес? Дали имав навика да постапувам така со тебе?” „Не!” одговори тој.\n31 Тогаш Господ му ги отвори очите на Валаама, и тој го виде Господовиот Ангел како што стои на патот, со гол меч во раката. Тој ја наведна главата и му се поклони.\n32 Тогаш Господовиот Ангел му рече: „Зошто ја биеше веќе трипати твојата ослица? Па јас истапив за да те спречам, зашто, пред моите очи, патот те води во пропаст.\n33 Ослицата ме забележа и се отстрани од мене сите трипати. Ако не ми се отстрануваше, веќе ќе те убиев, а неа ќе ја оставев жива.”\n34 Тогаш Валаам му рече на Господовиот Ангел: „Согрешив! Не знаев дека ти стоиш на патот пред мене. Но сега, ако е зло во твоите очи, јас ќе се вратам.”\n35 Но Господовиот Ангел му одговори на Валаам: „Оди со луѓето, но зборувај само она што јас ќе ти кажам.” Така Валаам отиде со Валаковите првенци.\n36 Кога Валак чу дека доаѓа Валаам, му излезе во пресрет до градот Моав што се наоѓа на границата на Арнон, на крајот на подрачјето.\n37 „Зар не праќав упорно по тебе и те повикував? Зошто не ми дојде? - му рече Валак на Валаама. Зар навистина не можам да те наградам богато?”\n38 „Еве ти дојдов - му рече Валаам на Валака. Но дали ќе можам да ти кажам нешто сега? Само она што Господ ќе го положи на јазикот, тоа ќе го зборувам.”\n39 Потоа Валаам тргна со Валака и дојдоа во Киријат-Узот.\n40 Валак жртвува и волови и овци, па од тоа им раздаде на Валаам и на кнезовите, кои го придружуваа.\n41 Наутро Валак го зеде Валаама и го одведе на високите Ваалови места, откаде можеше да го види крајниот дел на народот.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_22_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 987, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6494", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 28 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Нареди им на Израелевите синови и речи им: ‘Внимавајте да Ми ги принесувате во определено време Моите приноси: Мојот леб - паленици за Мене за благопријатен мирис.’\n3 Речи им: ‘Ова се палени жртви што ќе Му ги принесувате на Господа: секој ден две едногодишни јагниња без недостаток како трајна паленица.\n4 Принесувајте го едното јагне наутро, а другото јагне принесувајте го во примрак.\n5 А за лебен принос: десетина ефа чисто брашно, измешано со четвртина ин масло.\n6 Тоа е постојана паленица, што веќе беше принесена на Синајската Гора, за пријатен мирис, во жртва на Господа.\n7 Нејзината налевница нека се состои од четвртина ин за секое јагне. Налевницата од вино нека се излева, во Светилиштето, на Господа.\n8 Другото јагне принесувајте го во примрак. Принесувај го како и утринскиот лебен принос и неговата налевница, како палена жртва, за пријатен мирис на Господа.’\n9 ‘Во саботен ден: принесувајте две едногодишни јагниња без недостаток и две десетини ефа чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос, со неговата налевница.\n10 Тоа е: саботна паленица во секоја сабота, освен секојдневната паленица и нејзината налевница.’\n11 ‘Во почетокот на вашите месеци принесувајте Му на Господа паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.\n12 За секој јунец, како лебен принос: три десетини чисто брашно измешано со масло; за секој овен, како лебен принос: две десетини ефа чисто брашно измешано со масло.\n13 За секое јагне една десетина чисто брашно измешано со масло, како лебен принос. Тоа е паленица, жртва за пријатен мирис на Господа.\n14 Нивните налевници нека бидат: на јунец половина ин вино; на овен третина ин; на јагне четвртина ин. Тоа е паленица при секоја млада месечина во секој месец на годината.\n15 Освен секојдневната паленица, нека Му биде принесуван на Господа еден јарец како принос за грев, со неговата налевница.’\n16 ‘Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден во месецот е Господова Пасха,\n17 а на петнаесеттиот ден на тој месец е празник. Седум дена нека се јадат бесквасни лебови.\n18 На првиот ден нека биде свето собрание. Не работите никаква работа!\n19 Принесете Му на Господа жртва-паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња. Нека ви бидат без недостаток.\n20 Нивниот лебен принос, од најчисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен,\n21 а на секое од оние седум јагниња нека биде по една десетина ефа.\n22 И еден јарец во принос за грев, за ваше очистување.\n23 Принесувајте го ова освен утринската паленица, што се принесува како секојдневна паленица.\n24 Принесувајте така секој ден во текот на седумте денови; тоа е храна, палена жртва за благоугоден мирис на Господа. Нека се принесува тоа покрај секојдневната паленица и нејзината налевница.\n25 На седмиот ден нека ви биде свето собрание. Не работите никаква работа!’\n26 ‘И на Денот на првите плодови - на вашиот Празник на седмиците - кога ќе Му принесувате лебен принос на Господа, имајте свето собрание: не работите никаква работа.\n27 За паленица за пријатен мирис на Господа принесете: два јунци, еден овен и седум едногодишни јагниња.\n28 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: на секој јунец три десетини ефа; на секој овен две десетини ефа,\n29 а на секое од оние седум јагниња - една десетина ефа.\n30 И еден јарец во принос за грев, за ваше очистување.\n31 Принесувајте ги освен секојдневната паленица и нејзините лебни приноси; а нека ви бидат без недостаток тие и нивните налевници.’\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_28_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 589, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6507", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 34 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Дај им повелба на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе влезете во Ханаанската Земја, таа земја ќе ви припадне во наследство; Ханаанската Земја со нејзините граници:\n3 Јужната страна ќе се тегне од пустината Син покрај Едом. Јужната граница ќе ви почнува од крајот на Соленото Море на источната страна.\n4 Тогаш границата ќе ви заврти кон југ, кон Акравимската Стрмнина, и ќе продолжи преку Син. Ќе допре на југ до Кадис-Варни; потоа ќе излезе кон Хасар-Адар и ќе продолжи до Асмон.\n5 Од Асмон границата ќе сврти кон Египетскиот Поток и ќе излезе на море.’\n6 ‘Големото Море ќе ви биде западна граница; тоа нека ви е меѓа кон запад.’\n7 ‘А ова ќе ви биде северна граница: од Големото Море повлечете линија на гората Ор;\n8 тогаш повлечете линија од Ор до влезот во Емат; завршеток на границата ќе биде Седад.\n9 Тогаш границата ќе се продолжи до Зифрон и ќе заврши во Хасар-Енан. Тоа ќе ви биде северна граница.’\n10 ‘За своја источна граница повлечете линија од селото Хасар-Енан до Сефам.\n11 Границата ќе се спушта од Сефам до Ривла, источно од Аин. Оттаму границата ќе се спушти и ќе допре до источниот брег на Хинеротското Езеро.\n12 Потоа границата ќе се спушти, низ Јордан, за да заврши при Соленото Море. Тоа ќе биде ваша земја со нејзините граници наоколу.’”\n13 Тогаш Мојсеј им нареди на Израелевите синови: „Тоа е земјата што со жрепка ќе ја добиете во наследство, а за која Господ нареди да ја добијат девет племиња и половината од едно племе.\n14 Зашто племето на Рувимовите синови според нивните семејства; потоа племето на Гадовите синови според нивните семејства, веќе го добија нивното наследство, како што го прими своето наследство и половината од Манасиевото племе.\n15 Тие две ипол племиња го примија своето наследство отаде Јордан, спроти Ерихон, на источната страна.”\n16 Господ му рече на Мојсеја:\n17 „Ова се имињата на луѓето, кои ќе ви ја поделат земјата: свештеникот Елеазар и Навиновиот син Исус;\n18 и земи од секое племе по еден главатар за делба на земјата.\n19 Ова се имињата на тие луѓе: Халев, син Ефониев, од Јудиното племе;\n20 Самоил, син Амиудов, од Симеоновото племе;\n21 Елидад, син Хислонов, од Венијаминовото племе;\n22 кнезот Вакхир, Еглиевиот син, од Дановото племе;\n23 Од Јосифовите синови: кнезот Анил, син Суфидов, од племето на Манасиевците;\n24 кнезот Камуил, син Сафтанов, од племето на Ефремовците;\n25 кнезот Елисафан, син Фарнаков, од племето на Завулоновците;\n26 кнезот Фалтиил, син Азанов, од племето на Исахаровците;\n27 кнезот Ахиуд, син Селомиев, од племето на Асировците;\n28 кнезот Федаил, син Амиудов, од племето на Нефталимовците.”\n29 Тоа се оние на кои Господ им наложи да им го поделат наследството на Израелевите синови во Ханаанската Земја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_34_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 472, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6497", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 29 глава", "text": "1 ‘Во седмиот месец, во првиот ден на месецот, имајте свое собрание. Не работите никаква работа! Тоа нека ви биде Ден на трубниот звук.\n2 Принесете паленица за пријатен мирис на Господа: еден јунец, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.\n3 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен\n4 и една десетина ефа на секое од седумте јагниња.\n5 И еден јарец во жртва за грев, за ваше очистување.\n6 Тоа нека биде - покрај паленицата на млада месечина и нејзиниот лебен принос; покрај секојдневната паленица и нејзиниот лебен принос, и покрај нивните налевници, според прописот - палена жртва за пријатен мирис на Господа.’\n7 ‘А на десеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание; смирете ги вашите души и не работите никаква работа.\n8 Принесете Му на Господа паленица за пријатен мирис: еден јунец, еден овен и седум едногодишни јагниња. Нека ви бидат без недостаток.\n9 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини на овен\n10 и една десетина ефа на секое од оние седум јагниња.\n11 И еден јарец во жртва за грев. Тоа е покрај: приносот за грев на Денот на очистувањето, покрај постојаната паленица и нејзиниот лебен принос и нивните налевници.’\n12 ‘Во петнаесеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание. Не работите никаква работа. Седум денови прославувајте го празникот на Господа.\n13 А за паленица, изгорена за пријатен мирис на Господа, принесете: тринаесет јунци, два овна и четиринаесет јагниња годиначиња. Нека бидат без недостаток.\n14 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на секој од тринаесетте јунци, две десетини ефа на секој од двата овна\n15 и една десетина ефа на секое од четиринаесетте јагниња. И еден јарец во принос за грев.\n16 Тоа нека биде освен секојдневната паленица, нејзините лебни приноси и нејзините налевници.\n17 Во вториот ден: дванаесет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.\n18 Нивниот лебен принос и нивната налевница принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.\n19 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзините налевници.\n20 Во третиот ден: единаесет јунци, два овна и четиринаесет јагниња годиначиња без недостаток.\n21 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.\n22 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.\n23 Во четвртиот ден: десет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.\n24 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.\n25 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.\n26 Во петтиот ден: девет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.\n27 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.\n28 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.\n29 Во шестиот ден: осум јунци, два овни, четиринаесет едногодишни јагниња без недостаток.\n30 Нивниот лебен принос и нивната налевница принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.\n31 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.\n32 Во седмиот ден: седум јунци, два овна, четиринаесет јагниња годиначиња без недостаток.\n33 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.\n34 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.\n35 Во осмиот ден имајте славно собрание. Не работите никаква работа.\n36 А за паленица, изгорена за благоугоден мирис на Господа, принесете: еден јунец, еден овен и седум едногодишни јагниња без недостаток.\n37 Нивниот лебен принос и нивните налевници принесете ги, по правилникот, според бројот на јунците, овните и јагнињата.\n38 И еден јарец во принос за грев, освен секојдневната паленица, нејзиниот лебен принос и нејзината налевница.\n39 Принесувајте Му го тоа на Господа на вашите празници, освен вашите заветници и освен вашите доброволни жртви; освен вашите паленици, лебни приноси и налевници и освен вашите помирителни жртви.’”\n40 Мојсеј им кажа на Израелевите синови сè што Господ му заповеда.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_29_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 725, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6505", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 33 глава", "text": "1 Ова се патувањата на Израелевите синови што ги поминаа кога излегоа од Египетската Земја по своите полкови, под водство на Мојсеја и Арона.\n2 По Господова повелба, Мојсеј го опиша нивното патување по нивните престојувања, и еве ги застанките на нивните патувања:\n3 тргнаа од Рамес во првиот месец. Беше петнаесеттиот ден на првиот месец - утреден по Пасхата - кога Израелевите синови се запатија со подигнати раце и пред очите на сиот Египет,\n4 додека Египетците ги погребуваа оние, кои Господ ги погуби среде нив, односно сите првороденци, и така изврши суд над нивните божества.\n5 И така Израелевите синови тргнаа од Рамес и расположија шатори во Сокхот.\n6 Потоа отидоа од Сокхот и ги оптегнаа шаторите во Етам, токму на работ на пустината.\n7 Отпатуваа од Етам, а тогаш свртија кон Пи-Ајрот, што се наоѓа спроти Велсефон. Ги расположија шаторите пред Мигдал.\n8 Тргнаа од Ајрот и поминаа среде морето во пустината. Одеа три дни низ пустината Етам, а тогаш се настанија во Мера.\n9 Потоа отидоа од Мера и стигнаа во Елим. Во Елим беа дванаесет извори и седумдесет палми. Расположија шатори тука.\n10 И тргнаа од Елим и се настанија покрај Црвеното Море.\n11 А откако заминаа од Црвеното Море, ги оптегнаа шаторите во пустината Син.\n12 Потоа отпатуваа од пустината Син и ги поставија живеалиштата во Дофка.\n13 Откако отидоа од Дофка расположија шатори во Елус.\n14 Тргнаа од Елус и се настанија во Рафидин. Таму народот немаше вода да пие.\n15 Заминаа од Рафидин и се настанија во Синајската Пустина.\n16 Тргнаа од Синајската Пустина па се настанија во Киврот Атави.\n17 Отпатуваа од Киврот Атави и оптегнаа шатори во Асирот.\n18 Тогаш отидоа од Асирот и расположија шатори во Ритма.\n19 Тргнаа од Ритма и се настанија во Римнон Фарес.\n20 Отидоа од Римнон Фарес и расположија шатори во Ливна.\n21 Отидоа од Ливна и оптегнаа шатори во Риса.\n22 Заминаа од Риса и се настанија во Келат.\n23 Тргнаа од Келат и се настанија во гората Сафер.\n24 Отпатуваа од гората Сафер и се настанија во Харад.\n25 Откако се дигнаа од Харад се настанија во Макилот.\n26 Тргнаа од Макилот и расположија шатори во Тахат.\n27 Отпатуваа од Тахат и застанаа во Тара.\n28 Заминаа од Тара и се настанија во Митка.\n29 Отпатуваа од Митка и оптегнаа шатори во Асемон.\n30 Тргнаа од Асемон и расположија шатори во Мосирот.\n31 Заминаа од Мосирот и се настанија во Вене-Јакан.\n32 Тргнаа од Вене-Јакан и се настанија во Хор-Агидгад.\n33 Отидоа од Хор-Агидгад и расположија шатори во Јотвата.\n34 Отпатуваа од Јотвата и оптегнаа шатори во Еврон.\n35 Отидоа од Еврон и се настанија во Есион-Гавер.\n36 Отидоа од Есион-Гавер и расположија шатори во пустината Син, односно Кадис.\n37 Тргнаа од Кадис па расположија шатори во гората Ор, на границата на Едомската Земја.\n38 По Господова наредба свештеникот Арон се искачи на гората Ор и таму почина во првиот ден на петтиот месец, во четириесеттата година по излезот на Израелевите синови од Египетската Земја.\n39 Арон беше на сто и дваесет и три години кога умре на планината Ор.\n40 Арадскиот цар, Хананеец, кој живееше во ханаанскиот крај Негев, чу за доаѓањето на Израелците.\n41 Отидоа од гората Ор и расположија логор во Салмон.\n42 Заминаа од Салмон и се настанија во Финон.\n43 Отпатуваа од Финон и застанаа во Овот.\n44 Отидоа од Овот и оптегнаа шатори во моавското подрачје, во Ије-Ха- Аварим.\n45 Заминаа од Ије-Ха-Аварим и расположија шатори во Девон Гад.\n46 Отпатуваа од Девон Гад и се настанија во Алмон-Дивлатаим.\n47 Од Алмон - Дивлатаим отидоа и поставија шатори на Аваримските Гори, пред Нево.\n48 А од Аваримските Гори заминаа и расположија шатори во Моавските Полиња, покрај Јордан, спроти Ерихон;\n49 се настанија покрај Јордан од Вет-Јесимот сè до Авел-Ситим во Моавските Полиња.\n50 Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон:\n51 „Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,\n52 изгонете ги пред себе сите жители на земјата, уништете ги сите нивни слики; уништете ги сите нивни одлеани идоли и разурнете ги сите нивни високи места.\n53 Тогаш завладејте ја земјата и населете се во неа, зашто ви ја предавам да стане ваша.\n54 Разделете ја земјата со жрепка меѓу сите ваши родови. Зголемете им го делот на побројните, а намалете им го на помалубројните. Каде и да падне жрепката, за кого и да е, тоа нека биде негово, а делете им го наследството според татковските племиња.\n55 Ако не ги изгоните пред себе жителите на земјата, тогаш тие, кои ќе останат од нив во живот, ќе ви бидат трње во вашите очи и боцкалки во вашите ребра; ќе ве притеснуваат во земјата во која ќе живеете,\n56 и ќе постапам со вас како што мислев да постапам со нив.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_33_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 820, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6524", "title": "Петта книга Мојсеева/ 5 глава", "text": "1 Мојсеј го свика сиот Израел па им рече: „Чуј ги, Израеле, наредбите и заповедите што ви ги кажувам денес во вашите уши! Научете ги и пазете ги, и вршете ги.\n2 Господ, нашиот Бог, склучи со нас Завет на Хорив.\n3 Господ не го склучи тој Завет со нашите татковци, туку токму со сите нас, кои сме живи денес, тука.\n4 Господ зборуваше со вас лице во лице на гората, од средината на огнот.\n5 Во тоа време јас стоев меѓу Господа и вас, за да ви ги известам Господовите зборови, зашто вие не сакавте, заради стравот од огнот, да се искачите на гората. Тогаш рече:\n6 ‘Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.\n7 Да немаш други богови покрај Мене!\n8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.\n9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата,\n10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.\n11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.\n12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог.\n13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи.\n14 А седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така да може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.\n15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.\n16 Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.\n17 Не убивај!\n18 Не прељубодејствувај!\n19 Не кради!\n20 Не сведочи лажно против својот ближен!\n21 Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”\n22 „Тие зборови на гората, од средината на огнот, на облакот и на густата темнина, со силен глас Господ му ги упати на сиот ваш собир. Не додаваше ништо, туку ги напиша на две камени плочи па ми ги предаде мене.\n23 А тогаш, кога го чувте гласот од темнината, додека гората пламтеше во оган, сите ваши главатари и ваши старешини пристапија кон мене\n24 па рекоа: ‘Господ, нашиот Бог, ете, ни ги покажа Својата слава и Своето величие; го чувме Неговиот глас од среде огнот; денес видовме дека човек може да остане во живот иако му говори Бог.\n25 А сега зошто да умреме? Овој голем оган може да нè проголта; ако го слушаме и натаму гласот на Господа, на својот Бог, можеме да умреме.\n26 Зашто, кој смртник го слушал некогаш гласот на живиот Бог како зборува од среде оган - како ние - и останал во живот?\n27 Приближи се и ти и слушај сè што ќе ти рече Господ, нашиот Бог. А тогаш кажи ни ти сè што ќе ти рече Господ, нашиот Бог, и ние ќе го слушаме и ќе го исполнуваме тоа.’\n28 Господ ги чу вашите зборови кога ми зборувавте, па ми рече: ‘Ги чув зборовите што тој народ ти ги кажа тебе. Добро е сè што рекоа.\n29 Само, кога нивните срца би биле такви секогаш да се бојат од Мене и да ги пазат сите Мои заповеди, за да бидат така постојано среќни, тие и нивното потомство!\n30 Ајде, кажи им: „Вратете се во своите шатори!”\n31 А ти остани тука кај Мене; ќе ти ги кажам сите заповеди, закони и уредби на кои ќе ги поучиш и кои тие ќе ги вршат во земјата што им ја давам во сопственост.’\n32 И така, внимавајте, како што Господ, вашиот Бог, ви заповеда! Не свртувајте ни десно ни лево.\n33 Следете го наполно патот што Господ, вашиот Бог, ви го означи, за да можете така да живеете, да имате среќа и долг живот во земјата што ќе ја добиете во сопственост.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 783, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6501", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 31 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја:\n2 „Одмазди им се на Мадијанците за Израелевите синови; а потоа ќе им се придружиш на твоите луѓе.”\n3 Мојсеј му рече на народот: „Вооружете луѓе од меѓу себе за војна против Мадијанците, за да ја извршат Господовата одмазда врз Мадијанците.\n4 Испратете во војна по една илјада од секое Израелево племе!”\n5 И така од израелевите семејства - по илјада од племе - собраа дванаесет илјади за војна.\n6 Мојсеј ги испрати - по илјада од племе - на војна заедно со Финес, синот на свештеникот Елеазар. Тој ги носеше светите садови и трубите за тревога.\n7 Тие завојуваа против Мадијанците, како што Господ му заповеда на Мојсеја, и ги погубија сите машки.\n8 Меѓу другите ги погубија и мадијанските цареви: Евиј, Реком, Сур, Ур и Рева - пет мадијански цареви! Со меч го погубија и Валаама, Веоровиот син.\n9 Тогаш Израелевите синови ги одведоа во плен: мадијанските жени со нивните деца и сиот нивни добиток, крупниот и ситниот, и го запленија сето нивно богатство.\n10 Со оган ги изгореа сите нивни градови во кои живееја и сите нивни населби,\n11 а сè нивно зедоа во плен и грабеж: и луѓе и животни.\n12 Тогаш, во логорот во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон, ги доведоа при Мојсеја, при свештеникот Елеазар и при целото Израелско општество: заробените, пленот и ограбеното.\n13 Мојсеј, свештеникот Елеазар и сите главатари на заедницата им излегоа во пресрет надвор од логорот.\n14 Мојсеј се налути на заповедниците на војската, на илјадниците и на стотниците, кои се вратија од воениот поход.\n15 Им рече: „Што! Вие ги оставивте живи сите женски!\n16 А токму жените, по Валаамовото наговарање, ги заведоа Израелевите синови да истапат против Господа во Фегоровиот случај. Така дојде помор во Господовото општество.\n17 Затоа убијте ги сите машки деца! А убијте ја и секоја жена, која запознала маж!\n18 А оставете ги живи за себе сите девојки, кои не запознале машко.\n19 Вие пак останете надвор од логорот седум дена; сите вие кои убивте некого и кои се допревте до убиен. Очистете се и вие и вашите заробеници во третиот и во седмиот ден;\n20 очистете ги: сета облека, сите кожени работи - сè што е направено од козина и сите дрвени предмети.”\n21 Потоа свештеникот Елеазар им проговори на борците, кои се вратија од војна: „Ова е законска повелба што му ја даде Господ на Мојсеја:\n22 Златото, среброто, бронзата, железото, оловото и калајот,\n23 сè што поднесува оган - поминете го низ оган, и ќе биде очистено. Сепак, нека биде очистено и со водата за очистување. А сè што не поднесува оган поминете го низ вода.\n24 На седмиот ден исперете ја вашата облека, и ќе бидете чисти. Потоа можете да се вратите во логорот.”\n25 Господ му рече на Мојсеја:\n26 „Ти, свештеникот Елеазар и главните старешини на општеството направете попис на воениот плен, на луѓето и на добитокот,\n27 а тогаш поделете го воениот плен на половина: за војниците кои одеа во војна и за сета друга заедница.\n28 А од војниците, кои одеа во војна, задржи данок за Господа: по една глава на пет стотини од луѓето, од крупниот добиток, од ослињата и од ситниот добиток.\n29 Земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар како воздигнат принос за Господа.\n30 А од половината што ќе им припадне на другите Израелеви синови, земи по една глава од педесет: од луѓето, од крупниот добиток, од ослињата и од ситниот добиток - од сите, па дај им ги на левитите, кои служат во Господовиот Шатор.”\n31 Мојсеј и свештеникот Елеазар направија како што му нареди Господ на Мојсеја.\n32 Воен плен - освен ограбеното што го зедоа војниците - има - ше: шест стотини седумдесет и пет илјади ситен добиток,\n33 седумдесет и две илјади крупен добиток,\n34 шеесет и една илјада ослици,\n35 а човечки души - жени кои не запознале машко - имаше вкупно триесет и две илјади.\n36 Според тоа, половината, што им беше доделена на оние, кои одеа во војна, беше: три стотини триесет и седум илјади и пет стотини грла ситен добиток;\n37 данок за Господа од ситниот добиток: шест стотини седумдесет и пет грла;\n38 крупен добиток имаше: триесет и шест илјади, а нивниот данок за Господа: седумдесет и две грла;\n39 ослиња: триесет илјади и пет стотини, а од нив данок за Господа: шеесет и едно.\n40 Човечки души: шеснаесет илјади, а од нив данок за Господа: триесет и две души.\n41 Мојсеј му го предаде данокот на свештеникот Елеазар, за воздигнат принос на Господа, како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n42 А од половината на другите Израелеви синови, која Мојсеј ја оддели од војниците;\n43 половината на заедницата изнесуваше: триста триесет и седум илјади и пет стотини ситен добиток,\n44 а крупен добиток триесет и шест илјади;\n45 ослиња: триесет илјади и пет стотини,\n46 а човечки души: шеснаесет илјади.\n47 Од половината на Израелевите синови Мојсеј зеде по едно на педесет, и од луѓето и од добитокот, па им ги даде на левитите, кои служеа во Господовиот Шатор, како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n48 Тогаш воените заповедници, илјадниците и стотниците, му пристапија на Мојсеја,\n49 и му рекоа: „Твоите слуги ги преброија војниците, кои беа под наше заповедништво, и ниеден од нас не загина.\n50 И ете, ги донесовме нашите дарови за Господа: нараквици, златни нешта, прстења, наушници и огрлици - кој какво што нашол златно нешто - за покривање на гревовите на нашите души пред Господа.”\n51 Мојсеј и свештеникот Елеазар го примија од нив златото, сето во направени украси.\n52 И сето злато, што илјадниците и стотниците го донесоа за воздигнат принос за Господа, беше: шеснаесет илјади седум стотини и педесет шекели.\n53 Војниците грабеа секој за себе.\n54 Така Мојсеј и свештеникот Елеазар го зедоа златото од илјадниците и стотниците па го донесоа во Шаторот на средбата, за спомен на Израелевите синови пред Господа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_31_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 981, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6491", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 26 глава", "text": "1 После тоа зло Господ им рече на Мојсеја и на Елеазара, синот на свештеникот Арон:\n2 „Извршете попис на сето општество на Израелевите синови, по нивните семејства, запишете ги сите, од дваесет години па нагоре, кои се способни за војна во Израел.”\n3 И така, Мојсеј и свештеникот Елеазар ги изброија, во Моавските Полиња, покрај Јордан близу Ерихон,\n4 сите од дваесет години па нагоре, како што Господ им нареди на Мојсеја и на Израелевите синови, кои излегоа од Египетската Земја:\n5 Израелевиот првенец Рувим. Рувимови синови: од Енох родот на Еноховците; од Фалуј родот на Фалуевците;\n6 од Асрон родот на Асроновците и од Хармиј родот на Хармиевците.\n7 Тоа се Рувимовите родови. Нив ги имаше четириесет и три илјади и седум стотини и триесет.\n8 Елијав беше Фалуев син,\n9 а Елијавови синови: Намуил, Датан и Авирон. Овие: Датан и Аврион беа угледни членови на општеството, кое се подигна против Мојсеја и Арона во Кореевата буна, кога се побунија против Господа.\n10 Тогаш земјата ја отвори својата утроба и ги проголта заедно со Кореј, кога смртта ја грабна таа група и кога огнот голтна двеста и педесет луѓе. Така станаа опомена за другите.\n11 Но, Кореевите синови не загинаа.\n12 Симеонови синови по нивните поколенија: од Намуил родот на Намуиловци; од Јамин родот на Јаминовците;\n13 од Зара родот на Заринците и од Саул родот на Сауловците.\n14 Тие се Симеоновите родови: дваесет и две илјади и двеста.\n15 Гадовите синови по нивните родови: од Сифон родот на Сифоновци; од Агиј родот на Агиевци; од Суниј родот на Суниевците;\n16 од Азен родот на Азеновците; од Ириј родот на Ириевците;\n17 од Арод родот на Ародовците и од Арилиј родот на Арилиевците.\n18 Тоа се родовите на Гадовите потомци, според нивното пребројување: четириесет илјади и пет стотини.\n19 Јудини синови: Ир и Авнан. И Ир и Авнан умреа во Ханаанската Земја.\n20 Јудини синови по нивните родови беа: од Силом родот на Силомовците; од Фарес родот на Фаресовците и од Зара родот на Заринци.\n21 Фаресови синови пак беа: од Асрон родот на Асроновци и од Амуил родот Амуиловци.\n22 Тоа се Јудините родови, а избројаните од нив: седумдесет и шест илјади и пет стотини.\n23 Исахарови синови по нивните родови: од Тола родот на Толинци; од Фува родот на Фувинци;\n24 од Јасув родот на Јасувовците и од Амрам родот на Амрамовци.\n25 Тоа се Исахаровите родови. Нив ги запишаа шеесет и четири илјади и триста.\n26 Завулонови синови по нивните родови: од Саред родот на Саредовците; од Алон родот на Алоновци и од Алил родот на Алиловци.\n27 Тоа се Завулоновите родови, според нивното пребројување: шеесет илјади и пет стотини.\n28 Јосифови синови по нивните родови: Манасиј и Ефрем.\n29 Манасиеви синови: од Махир родот на Махировци. На Махира му се роди Галад. Од Галад е родот на Галадовци.\n30 Овие беа Галадови синови: од Ахиезер родот на Ахиезеровците; од Халек родот на Халековци;\n31 од Есрил родот на Есриловци; од Сихем родот на Сихемовци;\n32 од Симаер родот на Симаеровци и од Офер родот на Оферовци.\n33 Оферовиот син Салпад немаше синови, туку ќерки. Имињата на Салпадовите ќерки беа: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса.\n34 Тоа се Манасиеви родови. Избројаните од нив: педесет и две илјади и седум стотини.\n35 Овие пак се Ефремовите синови, по нивните родови: од Сутал родот на Суталовците; од Вехер родот на Вехеровци и од Тахан родот на Тахановци.\n36 Овие се Суталови синови: од Еран родот на Ерановците.\n37 Тоа се родовите на Ефремовите синови, според нивното пребројување: триесет и две илјади и пет стотини. Тоа се Јосифови синови, по нивните родови.\n38 Венијаминовите синови, по нивните родови: од Вела родот на Велинци; од Асвил родот на Асвиловци; од Ахирам родот на Ахирамовци;\n39 од Суфам родот на Суфамовци и од Уфам родот на Уфамовци.\n40 Велини синови беа: Адер и Наман. И така, од Адер родот на Адеровци, а од Наман родот на Намановци.\n41 Тоа се Венијаминовите синови, по нивните родови. Нив ги запишаа четириесет и пет илјади и шест стотини.\n42 Овие се Данови синови, по нивните родови: од Самеј родот на Самеевци. Тоа се Дановите синови, според нивните родови.\n43 Од сите родови на Самеевците беа запишани шеесет и четири илјади и четири стотини.\n44 Асировите синови, по нивните родови: од Јамин родот на Јаминовците; од Јесуј родот на Јесуевците и од Вериј родот на Вериевците.\n45 Од Вериините синови: од Ховер родот на Ховеровци и од Мелхил родот на Мелхиловци.\n46 На Аировата ќерка името и беше Сара.\n47 Тоа се родовите на Асировите синови. Нив ги запишаа педесет и три илјади и четири стотини.\n48 Нефталимовите синови, по нивните родови: од Асил родот на Асиловци; од Гуниј родот на Гуниевци;\n49 од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци.\n50 Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.\n51 И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.\n52 Господ му рече на Мојсеја:\n53 „На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња.\n54 На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните.\n55 Но земјата нека биде поделена со жрепка; нека биде примена во наследство според дедовските племенски имиња.\n56 Наследството ќе биде поделено со жрепка, на секое племе според неговата големина.”\n57 Ова е попис на левитите, по нивните поколенија: од Гирсон родот на Гирсоновците; од Каат родот на Каатовци и од Мерариј родот на Мерариевци.\n58 Еве се родовите на Левиевците: родот на Ловениевци, родот на Хевроновци, родот на Малиевци, родот на Мусиевци и родот на Кореевци. На Каат му се роди Амрам.\n59 На Амрамовата жена името и беше Јохавета. Беше Левиева ќерка, која му се роди на Левија во Египет. Таа му ги роди на Амрам: Арона, Мојсеја и нивната сестра Маријам.\n60 На Арона му се родија: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.\n61 Надав и Авиуд загинаа кога принесуваа непосветен оган пред Господа.\n62 Сите избројани мажи од еден месец па нагоре беа дваесет и три илјади. Тие не беа избројани заедно со Израелевите синови; и не им беше доделено наследство меѓу Израелевите синови.\n63 И така, тоа се оние, кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Елеазар; тие го извршија овој попис на Израелците покрај Јордан, во Моавските Полиња спроти Ерихон.\n64 Меѓу нив немаше ниту еден од оние кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Арон, кога ги избројуваа Израелевите синови во Синајската Пустина.\n65 Зашто Господ беше рекол за нив: „Нека изумрат во пустината и нека не остане никој од нив, освен: Халев, Ефониевиот син, и Исус, синот Навинов!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_26_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1135, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6520", "title": "Петта книга Мојсеева/ 3 глава", "text": "1 „Тогаш се свртивме и тргнавме кон Васан. Нè пресретна васанскиот цар Ог, со сиот свој народ, и ни наметна бој кај Едреи.\n2 Тогаш Господ ми рече: ‘Не бој се од него! Па во твои раце ги предадов: него, сиот негов народ и неговата земја. Направи со нив како што направи со Сион, царот аморејски, кој живееше во Есевон.’\n3 Така Господ, нашиот Бог, ни го предаде во наши раце и васанскиот цар Ог со целиот негов народ. Го поразивме, така што никој не остана жив.\n4 Тогаш ги освоивме сите негови градови. Немаше град што не им го одзедовме - шеесет градови, поточно целата арговска покраина, Оговото Царство во Васан.\n5 Сите оние градови беа утврдени со високи ѕидови, врати и лостови. Покрај нив имаше мошне многу и отворени селца.\n6 Ги предадовме на проклетство - како што направивме и со Сион, есевонскиот цар - сотирајќи го секој град со мажите, жените и децата.\n7 А сиот добиток и пленот ги задржавме за себе.\n8 Така во тоа време ја зедовме, од рацете на двајцата аморејски цареви, земјата што се наоѓа отаде Јордан, од потокот Арнон до гората Ермон (\n9 Сидонците го наречуваат Ермон-Сирион, а Аморејците го викаат Сенир):\n10 сите градови на висорамништето, сиот Галад и сиот Васан, сè до Салха и Едреи - градови на Оговото Царство во Васан.\n11 Васанскиот цар Ог е единствен од останатите Рефаимовци.” (Неговото легло, од железо, уште се наоѓа во Рава, во градот на Амоновите синови: десет лакти - обични лакти - е долг, а четири лакти широк, машки лакти.)\n12 „И така, тоа е земјата што ја зазедовме во она време, почнувајќи од Ароир, што е покрај потокот Арнон. Половината од Галадското Подгорје со неговите градови им ја дадов на Рувимовците и Гадовците.\n13 Остатокот од Галад и сиот Васан, Оговото Царство, им го доделив на половината Манасиево племе. (Сета Арговска Краина и сиот Васан се викаат Рефаимска Земја.\n14 Манасиевиот син Јаир ја зазеде сета Арговска Покраина до меѓата на Гесурците и Махатците. Тој ги нарече тие села со своето име, па уште и денес се викаат Авот-Јаир, Јаирови Села.)\n15 На Махир му го дадов Галад.\n16 На Рувимовците и Гадовците им доделив од Галад до потокот Арнон, - средината на потокот е меѓа - и до потокот Јавок, до амонската граница.\n17 А како граница служеа Араба и Јордан од Хинерот до морето покрај Араба - (покрај Соленото Море) - во подножјето на стрмнините на Фазга кон исток.\n18 Во она време ви наредив: ‘Господ, вашиот Бог, ви ја дава оваа земја во сопственост. Сите вие војници, тргнете вооружени пред своите браќа Израелеви синови.\n19 Единствено вашите жени, вашите деца и вашиот добиток - знам дека имате многу добиток - нека останат во вашите градови што ви ги доделив,\n20 додека Господ не им даде мирен престој и на вашите браќа како и вам; така што и тие да ја заземат земјата што Господ, вашиот Бог, им ја дава од онаа страна на Јордан. Па тогаш секој од вас нека се врати на недвижниот имот што ви го доделив.’\n21 Во она време му наредив на Исуса: ‘Со своите очи виде што им стори Господ, вашиот Бог, на оние двајца цареви. Така ќе направи Господ со сите царства, преку кои ќе поминуваш.\n22 Не плашете се од нив! Па Господ, вашиот Бог, се бори за вас.’”\n23 ‘Тогаш замолив милост од Господа:\n24 ‘Боже мој, Господи. Ти почна да му ги покажуваш на својот слуга Своето величество и Својата сила. Па кој бог, на небото или на земјата, може да направи такви дела и чудеса какви што се Твоите!\n25 Дозволи ми да отидам онаму и да ја погледам онаа Блажена Земја преку Јордан, оној убав горски крај и Ливан!’\n26 Ама Господ, заради вас, беше лут на мене, и не ме послуша. ‘Доста - ми рече Господ - не ми зборувај веќе за тоа!\n27 Искачи се на врвот Фасга и насочи ги своите очи кон запад, север, југ и исток. Разгледај добро со своите очи, зашто нема да поминеш преку Јордан.\n28 Упати го Исуса, зајакни го и охрабри го! Тој нека оди на чело на овој народ; тој нека ги воведе во наследство на земјата што ја гледаш.’\n29 Така останавме во таа долина покрај Вет-Фегор.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 707, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6516", "title": "Петта книга Мојсеева/ 1 глава", "text": "1 Ова се зборовите што Мојсеј му ги упати на сиот Израел отаде Јордан, во пустината, во Араб спроти Суф, меѓу Фаран и Тофел, Лавон, Асирот и Дизав -\n2 од Хорив до Кадис-Варниј, преку Синајската Гора, на единаесет денови одење.\n3 Тоа беше во четириесеттата година, во првиот ден на единаесеттиот месец, кога Мојсеј им кажа на Израелците сè што му нареди Господ за нив.\n4 Откако ги порази аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог, кој живееше во Астарот и во Едраи,\n5 значи од онаа страна на Јордан, во Моавската Земја, Мојсеј почна да го кажува овој Закон, и рече:\n6 „Господ, нашиот Бог, ни рече на Хорив: ‘Доста престојувавте на оваа гора.\n7 Тргнете на пат! Отидете во планинскиот крај на Аморејците и на сите нивни соседи, во Араб, во Горјето, во Долините и во Негев, на морскиот брег, и во Ханаанската Земја и во Ливан, сè до Големата Река, до реката Еуфрат.\n8 Ете, пред вас ја ставам оваа земја. И така, отидете и заземете ја земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство по нив.’\n9 Тогаш ви реков: ‘Не можам да ве водам сам.\n10 Господ, вашиот Бог, толку ве размножи што денес ве има колку и ѕвезди на небото.\n11 Господ, вашиот Бог, нека ве умножи уште илјадапати! Нека ве благословува како што вети!\n12 Ама, како би можел јас да го носам сам вашиот товар, вашето бреме и вашите спорови?\n13 Заради тоа изберете од вашите племиња умни, искусни и угледни луѓе, за да ви ги поставам за главатари.’\n14 Вие ми одговоривте: ‘Добро е тоа што го предлагаш.’\n15 Затоа ги зедов првенците од вашите племиња, умни и угледни луѓе, па ги поставив за главатари: за илјадници стотници, педесетници, десетници и за ваши племенски надгледувачи.\n16 Во тоа време им наложив и на вашите судии: ‘Сослушајте ги своите браќа; судете праведно меѓу човекот и неговиот брат или придојденикот.\n17 Немојте да бидете пристрастни во судењето; сослушувајте го малиот како и големиот. Не бојте се од никого! Па судот е Божји! Ако некој случај ви биде претежок, изнесете го пред мене, за да го разгледам јас.’\n18 Така тогаш ви наложив сè што треба да правите.”\n19 „Тргнавме од Хорив и, на патот кон горските краеви на Аморејците, како што ни нареди Господ, нашиот Бог, ја поминавме сета онаа голема и страшна пустина што ја видовте. Стигнавме во Кадис-Варниј.\n20 Тогаш ви реков: ‘Дојдовте во горскиот крај на Аморејците, што Господ, нашиот Бог, ни го дава.\n21 Ете, Господ, твојот Бог, ја стави пред тебе таа земја. Стани! Заземи ја, како што им рече Господ, Бог на твоите татковци. Не бој се! Не стравувај!’\n22 Тогаш сите дојдовте кон мене и рековте: ‘Да испратиме пред себе луѓе за да ја согледаат земјата и за да ни јават за патот по кој ќе одиме и за градовите во кои ќе дојдеме.’\n23 Ми се видоа добри зборовите што ги рековте. Затоа зедов дванаесет луѓе од меѓу вас, по еден од секое племе.\n24 Тргнаа кон гората, стигнаа до Есхолската Долина па го извидија крајот.\n25 И набраа плодови од онаа земја, ги донесоа кај нас и јавија: ‘Земјата што ни ја дава Господ, нашиот Бог, е добра.’\n26 Ама вие не сакавте натаму; се побунивте против наредбите на Господа, својот Бог.\n27 Викавте во своите шатори и велевте: ‘Во својата омраза кон нас, Господ нè изведе од Египетската Земја за да нè предаде во рацете на Аморејците, за да нè уништат.\n28 Каде да одиме? Нашите браќа нè обесхрабрија, кога рекоа: „Народот е и поголем и посилен отколку ние; градовите се големи и нивните ѕидови стигаат до небесата. А видовме таму и Енакови потомци.”‘\n29 ‘Не бојте се! - ви реков. Не плашете се од нив!\n30 Господ, нашиот Бог, Кој оди пред вас, ќе се бори за вас како што го направи пред вашите очи во Египет.\n31 Освен тоа, виде и во пустината, каде Господ, твојот Бог, за време на целиот пат што го поминавте додека не стигнавте на ова место, ве носеше како што човек го носи своето синче.’\n32 Но, и покрај тоа, вие не Му поверувавте на Господа, својот Бог,\n33 во Оној, Кој, при патувањето, одеше пред вас за да ви побара место за оптегање на шаторите - цела ноќ во оган за да ви го осветлува патот по кој ќе одите, а цел ден во облак.”\n34 „Господ ја чу вашата врева и се заколна во Својот гнев:\n35 ‘Ниеден единствен од овие луѓе, од ова опако поколение, не ќе ја види оваа добра земја за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци.\n36 Освен Халев, синот Ефониев. Тој ќе ја види; нему и на неговите потомци ќе им ја дадам земјата низ која одеше, зашто верно го следеше Господа.’\n37 Заради вас Господ се налути и на мене па ми рече: ‘Ни ти нема да влезеш онаму.\n38 Онаму ќе влезе само Исус, синот Навинов, кој ти служи. Охрабри го ти него, зашто тој ќе го воведе Израел во неговото наследство.\n39 А и вашите мали деда, за кои рековте дека ќе станат робови, вашите синови кои не знаат да го разликуваат доброто и злото, тие ќе влезат во неа; ќе им ја дадам ним во сопственост.\n40 А вие завртете се и запатете се во пустината, кон Црвеното Море!’\n41 Вие тогаш ми одговоривте со зборовите: ‘Согрешивме против Господа. Ќе тргнеме горе и ќе се бориме како што ни заповеда Господ, нашиот Бог.’ Секој од вас го грабна своето оружје и непромислено тргна горе во планините.\n42 Тогаш Господ ми рече: ‘Кажи им: „Не одете горе и не стапувајте во борба, за да не ве поразат вашите непријатели, зашто Јас не Сум меѓу вас.”‘\n43 Така и ви зборував, но не послушавте. Вие и се спротививте на Господовата заповед и, полни со дрскост, тргнавте кон планината.\n44 Но Аморејците, кои живееја во гората, удрија на вас, ве збркаа, по вас се нафрлија како пчели, па ве поразуваа од Сир до Орма.\n45 Откако се вративте, плачевте пред Господа, ама Господ не го слушаше вашето лелекање, ниту го сврте Своето уво кон вас.\n46 Во Кадис требаше да останете долго време, онолку колку што веќе останавте таму.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_1_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1064, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6526", "title": "Петта книга Мојсеева/ 6 глава", "text": "1 „Ова се заповедите, законите и одредбите за кои Господ, вашиот Бог, ми заповеда да ве поучам во нив, за да ги вршите во земјата во која што одите да ја земете во сопственост\n2 за да се боиш, во текот на целиот свој живот, од Господа, од својот Бог, ти, твојот син и синот на твојот син, вршејќи ги сите Негови закони и сите Негови заповеди што ти ги повелам, па да имаш долг живот.\n3 Слушај, Израелу, пази ги и врши ги, за да ти биде добро и за да се размножиш во земјата во која течат мед и млеко, како што ти вети Господ, Бог на твоите татковци.”\n4 „Чуј, Израелу! Господ е наш Бог, Господ е Еден!\n5 Затоа љуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила!\n6 Овие зборови што денес ти ги заповедам, нека ти се врежат во срцето.\n7 Напомнувај им ги на своите синови. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; кога легнуваш и кога стануваш.\n8 Врзи ги на својата рака за знак, и нека ти бидат како запис меѓу очите!\n9 Напиши ги на довратниците на својата куќа и на своите врати!\n10 А кога Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата за која им се заколна на твоите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе ти ја даде тебе: - со големи и убави градови, што не ги ѕидаше;\n11 со куќи полни со секакво благо, што не си ги полнил; со ископани кладенци, што не си ги копал; со лозја и со маслинови градини, што не си ги садел - и кога јадеш и ќе се наситиш:\n12 внимавај да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.\n13 Бој се од Господа, од твојот Бог; искажувај Му Нему почитување; заколнувај се во Неговото име.\n14 Не одете по други богови, од боговите на другите народи што се околу вас.\n15 Зашто Господ, твојот Бог, што стои во твојата средина, е ревнив Бог; гневот на Господа, на твојот Бог, би пламнал против тебе и би те истребил од земјата.\n16 Не искушувајте Го Господа, својот Бог, како што Го искушавте кај Маса.\n17 Вршете ги точно заповедите на Господа, на својот Бог, Неговите упатства и Неговите закони, кои ги издаде.\n18 Врши што е право и добро во очите на Господа, за да ти биде добро и за да влезеш во Добра Земја, за која Господ им се заколна на твоите татковци\n19 дека ќе ги истера од неа сите твои непријатели пред тебе; така вети Господ.”\n20 „А кога утре ќе те праша твојот син: ‘Што се тие упатства, закони и одредби што ви ги заповеда вам, Господ, нашиот Бог?\n21 Кажи му на сина си: ‘Бевме фараонови робови во Египет, ама Господ нè изведе од Египет со силна рака.\n22 Пред наши очи Господ направи големи и страшни знаци и чудеса против Египет, против фараонот и против целиот негов дом,\n23 а и нас нè изведе оттаму за да нè доведе и за да ни ја даде земјата, која со заклетва им ја вети на нашите татковци.\n24 И Господ ни нареди да ги исполнуваме сите овие наредби со стравопочитување кон Господа, кон својот Бог, за да бидеме секогаш среќни и за да живееме, како што е тоа денес.\n25 И така, нашата праведност ќе биде: да ги пазиме и да ги вршиме сите овие заповеди пред Господа, нашиот Бог, како што ни нареди.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 598, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6509", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 35 глава", "text": "1 Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња кај Јордан, спроти Ерихон:\n2 „Нареди им на Израелевите синови да им отстапат на левитите - од наследството што го имаат - градови каде ќе живеат, и пасишта околу градовите. Дајте им го тоа на левитите.\n3 Градовите нека им бидат за живеење, а околните пасишта нека бидат за нивните говеда, за нивниот имот и за сите нивни животни.\n4 Пасиштата покрај градовите, што им ги отстапувате на левитите, нека зафатат од градските ѕидови надвор до илјада лакти наоколу.\n5 Измерете од градот надвор две илјади лакти на источната страна, две илјади лакти на јужната страна, две илјади лакти на западната страна и две илјади лакти на северната страна, така што градот да биде во средина. Тоа нека им бидат градски пасишта.\n6 Од градовите што ќе им ги дадете на левитите, шест ќе бидат градови-засолништа, што ќе ги отстапите за да може убиец да избега таму. Кон овие придајте уште четириесет и два града.\n7 Така, сите градови, што ќе им ги отстапите на левитите, ќе бидат четириесет и осум со нивните пасишта.\n8 А од градовите што ќе ги одвојувате од сопственоста на Израелевите синови, земете повеќе од оние, кои имаат многу, а помалку од оние, кои имаат малку.”\n9 Натаму Господ му рече на Мојсеја:\n10 „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе преминете преку Јордан во Ханаанската Земја,\n11 определете си градови што ќе ви служат како градови-засолништа, каде може да избега убиец, кој убил некого од несакање.\n12 Тие градови нека ви бидат засолниште од одмаздникот, така што убиецот не треба да загине додека не застане на суд пред заедницата.\n13 Од градовите што ќе ги отстапите шест ќе ви бидат за засолниште.\n14 Доделете три града отаде Јордан, а три града во Ханаанската Земја. Тие нека бидат градови-засолништа.\n15 Тие шест града нека бидат за засолниште како за Израелевите синови така и за странецот и придојденикот, кои престојуваат меѓу нив, каде може да избега секој што убил некого на несакање.’\n16 ‘Но ако некој удри некого со железен предмет па го усмрти, тогаш тоа е убиец, убиецот треба да плати со главата.\n17 Ако го удри со камен во раката, од кого човек може да загине и навистина загине, тоа е пак убиец, убиецот треба да плати со главата.\n18 Или ако го удри со некаков дрвен предмет во раката, од кого може да умре и навистина умре, и тоа е убиец, убиецот треба да плати со главата.\n19 Крвниот одмаздник треба сам да го погуби убиецот. Кога ќе го сретне, нека го убие.\n20 Натаму, ако некој го турне некого од омраза или намерно фрли нешто врз него па го убие,\n21 или ако го удри со раката од злоба па удрениот умре, напаѓачот треба да загине - тој е убиец. Крвниот одмаздник нека го погуби убиецот штом ќе го сретне.’\n22 ‘Но, ако го турне случајно, не од непријателство, или ако фрли нешто на него, ама не од заседа,\n23 или од невнимание ако собори врз него камен од кого може да загине човек, па го убие, а не му бил непријател ниту му сакал зло -\n24 тогаш општеството нека пресуди меѓу убиецот и крвниот одмаздник според овие правила:\n25 заедницата е должна да го избави убиецот од рацете на одмаздникот за крв; тогаш општеството нека го врати во градот-засолниште каде што избегал; тој нека остане таму до смртта на велесвештеникот, кој беше помазан со свето масло.\n26 Но ако убиецот излезе кога и да е надвор од границите на неговиот град-засолниште,\n27 и крвниот одмаздник го најде надвор од границите на неговиот град-засолниште; па крвниот одмаздник го убие убиецот, тоа не му се смета за крвопролевање,\n28 зашто убиецот треба да остане во градот-засолниште до смртта на велесвештеникот. А по смртта на велесвештеникот може да се врати на својот имот.’\n29 ‘Такви нека ви бидат судските постапки од поколение до поколение, секаде каде што ќе престојувате.\n30 За секое убиство на човек казната на смрт над убиецот може да биде извршена по доказ на сведоците. Никој не може да биде казнет со смрт по доказ само на еден сведок.\n31 Не смеете да примате откупнина за животот на убиецот, кој заслужил смрт: тој треба да умре.\n32 Ниту смеете да примате откупнина од кого и да е, кој - откако избега во својот град-засолниште - сака да се врати и да живее на своја земја пред смртта на велесвештеникот.\n33 Не запустувајте ја земјата во која што живеете, зашто земјата се онечистува со крвопролевање. И земјата не може да се очисти од крвта, што е пролеана на неа, освен со крвта на оној, кој ја пролеал.\n34 Не смеете да ја онечистувате земјата во која што живеете и среде која престојувам Јас; зашто Јас Господ живеам среде Израелевите синови.’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_35_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 808, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6503", "title": "Четврта книга Мојсеева/ 32 глава", "text": "1 Рувимовите синови и Гадовите синови имаа мошне многу добиток. И согледаа дека Јазирската Земја и Галадската Земја се погодни за сточарство.\n2 Затоа Гадовците и Рувимовците дојдоа при Мојсеја, при свештеникот Елеазар и при управителите на општеството, па рекоа:\n3 „Атарот, Девон, Јазир, Нимра, Есевон, Елеалиј, Севам, Нево и Веон -\n4 земја што Господ ја порази пред Израелевото општество - е земја погодна за сточарство; а твоите слуги се занимаваат со сточарство.\n5 Ако најдовме благонаклоност во твоите очи - продолжија - овој крај нека им биде даден во владеење на твоите слуги; не нè преведувај преку Јордан!”\n6 Мојсеј им одговори на Гадовите синови и на Рувимовите синови: „Вашите браќа ќе одат во војна, а вие да останете тука?\n7 Зошто ги одвраќате срцата на Израелевите синови од преминот во земјата, која им ја даде Господ?\n8 Така постапија и вашите татковци кога ги испратив во Кадис-Варни за да ја извидат земјата.\n9 Тие се искачија до долината Есхол, ја видоа земјата и ги обесхрабрија срцата на Израелевите синови, за да не влезат во земјата, која Господ им ја даде.\n10 Во тој ден Господ пламна со гнев. Се заколна и рече:\n11 ‘Луѓето кои излегоа од Египет, од дваесет години или нагоре, зашто не Ме следеа верно, никогаш нема да ја видат земјата што им ја ветив под заклетва на Авраама, Исака и Јакова!’\n12 Господа единствено Го следеа верно: Кенезецот Халев, синот Ефониев и Навиновиот син Исус.\n13 Господ пламна со гнев на Израелевите синови па ги водеше низ пустината четириесет години, сè додека не изумре сето поколение што постапи зло во очите на Господа.\n14 А сега вие - грешно поколение - станувате место вашите татковци, за да го зголемите уште повеќе јаросниот гнев на Господа против Израел.\n15 Ако се одвратите од Него, Тој ќе го продолжи вашиот престој во пустината и вие ќе го погубите сиот овој народ.”\n16 Тогаш тие се доближија кон него и рекоа: „Ние ќе подигнеме тука огради за нашиот добиток и градови за нашите деца,\n17 а самите ќе го грабнеме оружјето и ќе тргнеме на чело на Израелевите синови додека не ги доведеме до нивното место, а нашите деца нека останат во утврдените градови, заради жителите на земјава.\n18 Ние нема да се вратиме во нашите домови сè додека секој Израелец не го заземе своето наследство.\n19 Нема да земаме дел од недвижните имоти од онаа страна на Јордан ниту подалеку, зашто нашето наследство ни припадна од оваа страна, на исток од Јордан.”\n20 Мојсеј им рече: „Ако направите така, ако тргнете во бој пред Господа;\n21 ако вие сите вооружени пребродите преку Јордан пред Господа додека Тој не ги растера пред Себе сите Свои непријатели,\n22 тогаш, кога земјата ќе Му биде покорена на Господа, вие ќе можете да се вратите. Така ќе бидете ослободени од одговорноста кон Господа и кон Израел, а оваа земја ќе стане ваша сопственост пред Господа.\n23 Но ако не направите така, ќе согрешите против Господа, и знајте дека ќе ве стигне казна за вашиот грев.\n24 И така, соѕидајте градови за вашите деца и огради за вашиот добиток, но направите што ветивте.”\n25 Гадовите синови и Рувимовите синови му одговорија на Мојсеја: „Твоите слуги ќе направат како што заповеда нашиот господар.\n26 Нашите деца, нашите жени, нашите стада и сиот наш добиток, нека останат онаму во галадските градови,\n27 а твоите слуги, сите кои се способни за бој, ќе тргнат пред Господа во војна, како што зборува нашиот господар.”\n28 И Мојсеј им даде повелба за нив на свештеникот Елеазар, на Навиновиот син Исус и на главатарите на семејствата на израелевите племиња.\n29 И Мојсеј им рече: „Ако Гадовите синови и Рувимовите синови, сите оние кои носат оружје, пребродат со вас преку Јордан за да војуваат пред Господа, и ако земјата ви биде покорена вам, тогаш дајте им ја Галадската Земја во сопственост.\n30 Ама ако не поминат вооружени со вас, нека добијат наследство меѓу вас во Ханаанската Земја.”\n31 Гадовците и Рувимовците одговорија на тоа: „Што им рече Господ на твоите слуги, така ќе направиме.\n32 Ние ќе отидеме вооружени пред Господа во Ханаанската Земја, но недвижниот имот на нашето наследство нека ни биде од оваа страна на Јордан.”\n33 И така Мојсеј ним - на Гадовите синови, на Рувимовите синови и на половината од Манасиј, племето на синот Јосифов - им ги даде: царството на аморејскиот цар Сион и царството на васанскиот цар Ог; земјата со градовите во нивните меѓи, градовите на соседната земја.\n34 Гадовите синови ги изградија: Девон, Атарот и Ароир,\n35 Атрот-Софан, Јазир, Јогвеј,\n36 Вет-Нимра и Вет-Аран, утврдени градови и огради за стадата.\n37 Рувимовите синови ги изградија: Есевон, Елеалиј, Киријатаим,\n38 Нево, Валмеон - на кои им ги изменија имињата - и Сивма. И им дадоа имиња на градовите што ги изградија.\n39 Синовите на Махир, синот Манасиев, отидоа во Галад и го освоија, и ги протераа Аморејците кои беа таму.\n40 Мојсеј му го предаде Галад на Манасиевиот син Махир и тој се насели во него.\n41 А Манасиевиот син Јаир отиде па ги зазеде нивните села и ги нарече „Јаирови Села.”\n42 Потоа Новах отиде и ги зазеде Кенат и неговите подрачја, па го нарече со своето име Новах.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_32_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 868, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6528", "title": "Петта книга Мојсеева/ 7 глава", "text": "1 „Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во наследство, и кога ќе истера пред тебе многу народи: Хетејците, Гергесејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - седумте народи побројни и посилни од тебе -\n2 па кога Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде и кога ти ќе ги поразиш, предај ги на проклетство; немој да склучуваш со нив сојуз ниту да им искажуваш милост.\n3 Не земај жена од нив, не мажи ја својата ќерка за нивниот син, ниту жени го својот син за нивна ќерка;\n4 зашто тоа би ги одвратило твоите синови од Мене; за да им служат на други богови; Господ би се разгневил против вас, и би те истребил бргу.\n5 Туку, направете вака со нив: порушете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, откорнете ги нивните ашери, а изгорете ги нивните резани ликови.”\n6 „Па ти си народ посветен на Господа, на својот Бог; Господ, твојот Бог, те избра тебе меѓу сите народи, кои се на земјата, за да му бидеш негов сопствен народ.\n7 Господ не ве одбра и не ве прифати дека сте побројни од сите народи - поправо вие сте најмалубројни -\n8 туку затоа дека Господ ве љуби и дека ја пази заклетвата со која им се заколна на вашите татковци. Затоа Господ ве изведе со силна рака и ве ослободи од домот на ропството, од власта на фараонот, египетскиот цар.\n9 Затоа знај дека Господ, Твојот Бог, е вистински Бог, верен Бог, Кој го пази Својот завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и ги пазат Неговите заповеди.\n10 А на оние кои Го мразат им враќа направо на нив самите; го уништува без одлагање оној кој Го мрази: му враќа направо на него самиот.\n11 Затоа држи ги заповедите, законите и одредбите кои ти ги заповедам денес за да ги исполниш.\n12 А како награда - ако ги слушаш овие закони, ако ги пазиш па ги извршуваш - Господ, твојот Бог, ќе ти ги пази Својот Завет и милоста за кои им се заколна на твоите татковци.\n13 Ќе те љуби, ќе те благословува и ќе те размножува; ќе ги благословува плодот на твојата утроба и родот на твојата земја: твоето жито, твоето вино, твоето масло, рожбите на твоите говеда и прирастот на твојот добиток во земјата за која им се заколна на твоите татковци дека ќе ти ја даде тебе.\n14 Ќе бидеш благословен над сите народи; во тебе ќе нема ни неплоден ни неплодна, ниту меѓу твоите деца, ниту меѓу твојот добиток.\n15 Господ ќе ја отстрани од тебе секоја болест; нема да пушти на тебе ниедно од страшните египетски зла што ги познаваш, туку ќе ги притисне со нив оние што те мразат.\n16 Уништувај ги сите народи што Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде. Нека не ги сожалува твоето око. Не клањај им се на нивните богови, зашто тоа ќе биде стапица.”\n17 „Можеби ќе речеш во своето срце: ‘Тие народи се побројни од мене, како ќе ги изгонам тогаш?’\n18 Не бој се од нив! Спомни си што им направи Господ, твојот Бог, на фараонот и на целиот Египет!\n19 Помисли на големите искушенија што ги виде со свои очи; на оние знаци и чудеса, па на силната рака и на испружената мишка, со кои Господ, твојот Бог, те изведе. Така Господ, твојот Бог, ќе направи со сите народи од кои се плашиш.\n20 Освен тоа, Господ, твојот Бог, ќе испрати меѓу нив стршели додека не изгинат оние што останаа и што се сокрија пред тебе.\n21 И така, не трепери пред нив! Па Господ, твојот Бог, е во твоја средина, Бог величествен и страшен.\n22 Малку по малку Господ, твојот Бог, ќе ги уништи пред тебе оние народи; и не ќе можеш да ги истребиш одеднаш, за да не се размножат ѕверовите против тебе.\n23 Ама Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде тебе и ќе внесува меѓу нив страв додека не бидат уништени.\n24 И ќе ги предаде нивните цареви во твои раце, за да го сотреш нивното име под небото. Ниеден не ќе се одржи пред тебе додека не ги уништиш.\n25 Изгори ги ликовите на нивните богови! Не лакоми за среброто и златото што е на нив; не земај го, за да не бидеш заведен од него; зашто тоа би Му било гадно на Господа, твојот Бог.\n26 Не внесувај гнасотии во својата куќа, за да не бидеш проколнат како и неа; презри ја длабоко и грози се од неа, зашто е проклета.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 759, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6518", "title": "Петта книга Мојсеева/ 2 глава", "text": "1 „Тогаш се свртивме и тргнавме во пустината кон Црвеното Море, како што ми нареди Господ. Долго се вртевме околу гората Сир.\n2 И Господ ми рече:\n3 ‘Доста се вртевте околу оваа гора. Завртете кон север!\n4 И на народот наложи му вака: „Сега ќе поминете преку подрачјето на своите браќа, Исавовите потомци, кои живеат во Сир. Тие се бојат од вас; ама и вие припазете добро;\n5 не зафаќајте бој со нив, зашто нема да ви дадам ни стапка од нивната земја: гората Сир му ја дадов на Исава во наследство.\n6 Купувајте од нив храна, со платежни средства, за да имате што да јадете; и водата за пиење купувајте ја од нив со платежни средства.\n7 Па Господ, твојот Бог, те благослови во сите дела на твоите раце; Тој бдееше над твоите патувања низ оваа голема пустина; овие четириесет години Господ, твојот Бог, беше со тебе и ништо не ти недостасуваше.”‘\n8 Така, своите браќа, Исавовите потомци, кои живеат во Сир, ги заобиколивме по патот што води во Араб, Елат и во Есион-Гавер, а тогаш се запативме кон Моавската Пустина.\n9 Тогаш Господ ми рече: ‘Не ги вознемирувај Моавците ниту војувај со нив, зашто ништо од нивната земја нема да ти дадам во твое наследство: на Лотовите синови им го предадов Ар во сопственост.’\n10 (Порано таму живееја Омините. Беше тоа силен и броен народ; со крупен раст како и Енаковците.\n11 Како Енаковците, и нив ги сметаат за Енакимци, ама Моавците ги наречуваат Емими.\n12 Исто така во Сир живееја порано Хорејците, ама Исавовите потомци ги истераа, ги истребија, и се населија на нивното место, како што направи и Израел со земјата - со своето наследство - што Господ му ја предаде.)\n13 ‘А сега станете и преминете преку потокот Заред!’ И поминавме преку потокот Заред.\n14 Времето што го поминавме одејќи од Кадис-Варниј па додека поминавме преку потокот Заред, изнесуваше триесет и осум години - сè додека не изумре во логорот сето она поколение на луѓето способни за борба, како што Господ и им се заколна.\n15 И навистина! Господовата рака беше против нив: ги истребуваше од средината на логорот додека ги снема.”\n16 „И така, кога смртта ги истреби од народот сите луѓе способни за борба,\n17 Господ им рече:\n18 ‘Денес го преминуваш моавскиот предел Ар.\n19 А тогаш ќе им се приближиш на Амонците. Не ги вознемирувај ниту зафаќај бој со нив. Имено, ништо од земјата на Амонците нема да ти отстапам тебе во наследство, зашто веќе ја предадов во сопственост на Лотовите потомци.’\n20 (И неа ја сметаат за рефаимска земја. Во неа порано живееја Рефаимите, кои Амонците ги викаа Замзуми.\n21 Тоа беше силен и многуброен народ; со крупен раст како и Енаковите синови. Но Господ ги уништи пред Амонците - кои ги избркаа и се населија на нивното место,\n22 како што, впрочем, им направи и на Исавовите потомци, кои се населени во Сир, кога ги уништи пред нив Хорејците, што тие ги истераа од недвижниот имот и живеат на нивните места до денес.\n23 И Авејците, кои живееја во селцата сè до Газа, беа истребени од Кафторците, кои излегоа од Кафтор и се населија на нивното место.)\n24 ‘Станете! Тргнете на пат и преминете преку потокот Арнон. Ете, ти ги предавам во рацете на Амореецот Сион, есевонскиот цар, и неговата земја. Почни со освојувањето; предизвикај го на бој!\n25 Од денес почнувам да сеам страв и трепет пред тебе во народите, кои се под сите небеса, така што ќе треперат и ќе се тресат пред тебе кога ќе чујат глас за тебе.’”\n26 „Тогаш испратив, од пустината Кедемот, гласници при есевонскиот цар Сион со мирољубиви зборови:\n27 ‘Пушти ме да поминеме преку твојата земја. Само ќе поминам по патот, не свртувајќи ни десно ни лево.\n28 Продај ми храна за сребреници за да можам да јадам; и вода за пиење давај ми за сребреници. Пушти ме само да поминам пеш,\n29 да поминам преку Јордан во земјата што ни ја дава Господ, нашиот Бог - како што ми дозволија Исавовите потомци, настанети во Сир, и Моавците, кои живеат во Ар.’\n30 Ама есевонскиот цар Сион не сакаше да нè пушти преку своето; зашто Господ, твојот Бог, му го заслепи духот, а срцето му го закорави, за да го предаде во твоите раце.\n31 Тогаш Господ ми рече: ‘Ете почнав да ти ги предавам Сион и неговата земја. Почни со освојувањето за да загосподариш со неговата земја.’\n32 Сион нè пресретна при Јаса.\n33 Тој се нафрли и сиот негов народ. Но Господ, нашиот Бог, ни го предаде, така што ги поразивме него, неговите синови и сиот негов народ.\n34 Тогаш ги освоивме сите негови градови и ги предадовме на проклетство сите негови градови со мажите, жените и децата, не штедејќи ништо,\n35 освен добитокот, што го зедовме како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.\n36 Од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во неговата долина, па до Галад немаше град што би ни се спротивил: Господ, нашиот Бог, ни ги предаде сите.\n37 Единствено не се доближувавме кон земјата на Амонците, кон крајот покрај потокот Јавок, и кон градовите во подгорјето, како што одреди Господ, нашиот Бог.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 872, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6530", "title": "Петта книга Мојсеева/ 8 глава", "text": "1 „Пазете ги и вршете ги сите заповеди што ви ги наредувам денес, за да живеете и за да се размножувате, и за да влезете и ја земете во сопственост земјата што Господ, со заклетва, им ја вети на вашите татковци.\n2 Спомнувај си за целиот пат по кој Господ, твојот Бог, те водеше низ пустината во овие четириесет години за да те смири, за да те испита и за да дознае што ти е во срцето: дали сакаш да ги држиш неговите заповеди или не сакаш.\n3 Те смируваше и те мореше со глад, а потоа те хранеше со мана, за која не знаевте ни ти ниту твоите татковци, за да ти покаже дека човекот не живее само од лебот, туку дека човекот живее од сè што излегува од Господовата уста.\n4 Твојата облека на тебе не се искина ниту нозете ти отечуваа во овие четириесет години.\n5 Тогаш признај во своето срце дека Господ, твојот Бог, те воспитува и те поправува како што човекот го воспитува својот син.\n6 И пази ги заповедите на Господа, својот Бог, одејќи по Неговите патишта и боејќи се од Него!\n7 Па Господ, твојот Бог, те води во добра земја: во земја на потоци и извори, на подземни води што извираат во долините и по бреговите;\n8 во земја на пченица и јачмен, на винови лози, на смокви и калинки, во земја на мед и маслинки;\n9 во земја во која нема да јадеш сиромашки леб, и каде ништо не ќе ти недостасува; во земја каде камењата имаат железо и каде ќе вадиш бакар од нејзините ридови.\n10 Ќе јадеш до наситка и ќе Го благословуваш Господа, својот Бог, заради добрата земја што ти ја даде.”\n11 „Внимавај да не Го заборавиш Господа, својот Бог, занемарувајќи ги Неговите заповеди, Неговите одредби и Неговите закони што ти ги давам денес.\n12 И откако ќе се најадеш до ситост, откако ќе изградиш убави куќи и ќе се населиш во нив;\n13 кога крупниот и ситниот добиток ќе ти се намножи; кога ќе насобереш сребро и злато, и кога сè твое ќе напредува,\n14 тогаш немој да се воздигне твоето срце и да Го заборавиш Господа, својот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството;\n15 Кој те преведе низ онаа голема и страшна пустина, низ земјата на огнени змии и скорпии, низ сув и безводен крај; Кој ти извади вода од цврста карпа;\n16 Кој те хранеше во пустината со мана, непозната на твоите татковци, за да те смири и за да те испита па да бидеш среќен на крај.\n17 Тогаш не вели во своето срце: ‘ Со својата моќ и со силата на своите раце го спечалив ова богатство.’\n18 Спомни си за Господа, својот Бог! Па Тој ти даде сила да го спечалиш богатството, за да го исполни така - како денес - Својот Завет, за кој им се заколна на твоите татковци.\n19 Ако Го заборавиш Господа, својот Бог, и тргнеш по други богови, па им искажуваш почитување, им се поклонуваш ним, ви се колнам денес дека сосем ќе бидете истребени;\n20 како народите кои Господ ќе ги погуби пред вас, така ќе ве снема и вас, зашто не го послушавте гласот на Господа, својот Бог.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 541, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6522", "title": "Петта книга Мојсеева/ 4 глава", "text": "1 „А сега, Израеле, послушај ги законите и уредбите на кои ве учам, за да ги вршите и така да поживеете па да ја заземете земјата, што ви ја дава Господ.\n2 Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам.\n3 Видовте со своите очи што направи Господ со Велфегор: зашто Господ, твојот Бог, го откорна од твојата средина секој, кој го следеше Велфегор.\n4 А сите вие кои се држите цврсто за Господа, живи сте и денес.\n5 Ете, Јас ве поучив за законите и уредбите, како што Господ, мојот Бог, ми нареди да ги вршите во земјата во која одите, за да ја наследите.\n6 Пазете ги и вршете ги: тоа ќе биде, во очите на народите, ваша мудрост и ваша разумност. Кога тие ќе чујат за сите овие закони, ќе речат: ‘Само еден народ е мудар и умен, а тоа е овој голем народ.’\n7 Зашто, кој народ е толку голем за да му бидат боговите толку близу како што ни е Господ, нашиот Бог, нам, кога ќе го повикаме?\n8 Кој е тој народ толку голем да би имал закони и уредби праведни како што е сиот овој Закон што јас ви го изнесувам денес?\n9 Затоа внимавај и чувај се добро да не ги заборавиш делата што ги виде со своите очи; нека не ти исчезнат од срцето ниту во еден ден на твојот живот; спротивно, поучи ги за нив твоите синови и синовите на твоите синови.\n10 Оној ден, кога стоеше на Хорив пред Господа, својот Бог, Господ ми рече: ‘Собери Ми го народот! Сакам да ги чујат Моите зборови, за да се научат да се бојат од Мене за целото време додека ќе живеат на земјата, па да ги поучат за нив и своите деца.’\n11 Тогаш вие се приближивте и застанавте под гората. А гората гореше и пламенот се креваше до среде небото, замрачено со темен облак.\n12 Господ ви зборуваше вам од средината на огнот; вие го чувте гласот на зборовите, но не видовте образ, а само глас.\n13 Ви го објави Својот завет и ви наложи да ги вршите - Десетте заповеди, што ги напиша на две камени плочи.\n14 А мене Господ ми нареди да ве поучам на законите и уредбите што ќе ги вршите во земјата во која одите да ја владеете.”\n15 „Внимавајте добро! Во оној ден кога Господ, вашиот Бог, ви зборуваше пред огнот на Хорив, не видовте никаков лик,\n16 за да не се расипете па да не си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје,\n17 ниту со обличје на некакво животно што е на земјата, ниту со обличје на некаква птица што лета под небото,\n18 ни со обличје на што и да е што ползи по земјата, ни со обличје на некаква риба што е во водата, под земјата,\n19 и за да не се заведеш, кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите - сета небеска војска - па да им се клањаш и да им искажуваш почитување. Господ, твојот Бог, им ги даде нив на сите народи, секаде под небото.\n20 А Господ ве зеде вас и ве изведе од Египет - од онаа вжарена печка - за да станете народ на неговото наследство, тоа што сте денес.\n21 Но заради вас Господ се налути на мене и се заколна дека нема да поминам преку Јордан и да влезам во Блажената Земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.\n22 Така, јас ќе умрам во оваа земја; јас нема да поминам преку Јордан. А вие ќе поминете и ќе ја завладеете онаа прекрасна земја.\n23 Затоа внимавајте да не го заборавите Заветот што Господ, вашиот Бог, го склучи со вас, па не правете си за себе делкани ликови на што и да е што го забрани Господ, твојот Бог.\n24 Зашто, Господ, твојот Бог, е оган што проголтува; Тој е Бог Ревнител.\n25 Кога ќе народите деца и внучиња и кога ќе престојувате подолго во онаа земја, а ќе се расипете правејќи за себе било какви делкани ликови и вршејќи зло во очите на Господа, својот Бог, така што ќе Го предизвикате на гнев,\n26 знајте - ги земам за сведоци против вас небесата и земјата - дека бргу ќе ве снема од земјата во која што одите преку Јордан за да ја наследите: не ќе живеете долго во неа, туку ќе бидете откорнати.\n27 Господ ќе ве распрсне меѓу народите, и ќе остане само мал број од вас меѓу народите среде кои ќе ве одведе Господ.\n28 Таму ќе им се поклонувате на богови што човечки раце ги направиле од дрво и камен, на богови кои не можат ни да видат ни да чујат, ни да јадат ни да мирисаат.\n29 Таму ќе Го бараш Господа, својот Бог. И ќе Го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.\n30 Сè тоа ќе те снајде во твојата неволја, ама во последното време ти ќе Му се обратиш на Господа, својот Бог, и ќе го послушаш Неговиот глас.\n31 Па Господ, твојот Бог, е милосрден Бог; Тој нема да те остави ни да те погуби, ниту ќе го заборави Заветот што со заклетва го склучил со твоите татковци.”\n32 „Испитај ги само поранешните времиња што поминаа пред тебе, сè откако Господ го создаде човекот на земјата: дали имало некогаш, од едниот крај на небесата на другиот, оволку величествен настан?\n33 Дали некогаш некој народ го чул гласот на Бога како зборува пред огнот како што го чу ти и остана жив?\n34 Или, дали се обиде некој бог да отиде и да си земе за себе еден народ, од средина на друг народ, со искушенија, со знакови, со чудеса и со војна, со цврста рака и со испружена мишка, покрај силни стравотии, како што сè тоа го направи за вас, пред вашите очи, Господ, вашиот Бог, во Египет?\n35 Тоа ти беше покажано тебе за да знаеш дека Господ е вистински Бог и дека нема друг освен Него.\n36 Од небото ти го слушаше Неговиот глас, за да те поучи; ти дозволи да го видиш Неговиот голем оган на земјата; и ги чу Неговите зборови од средината на огнот.\n37 Заради тоа што ги љубеше твоите татковци, го избра после нив нивното потомство; Тој, Самиот, те изведе од Египет со Својата голема сила;\n38 пред тебе растера, и побројни и посилни од тебе, народи, за да те доведе во нивната земја и за да ти ја предаде тебе во наследство, како што е и денес.\n39 И така, денес сознај и засади во своето срце: Господ е Бог горе на небото и тука на земјата - друг нема.\n40 Пазете ги Неговите закони и Неговите заповеди што ти ги давам денес, за да ви биде добро и тебе и на твоите деца по тебе; за да поживееш долго на земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава засекогаш.”\n41 Тогаш Мојсеј избра три града преку Јордан, на источната страна,\n42 каде ќе може да се засолне убиец, кој убил неволно свој ближен, а да немаше порано омраза кон него: за да може, бегајќи во некој од овие градови, да го спаси својот живот.\n43 Тоа се: Восор во пустината, на високорамнината, за Рувимовците; Рамот во Галад, за Гадовците и Голан во Васан, за Манасиевците.\n44 Ова е Законот што Мојсеј го постави пред Израелевите синови;\n45 ова се напатствијата, законите и уредбите што Мојсеј им ги даде на Израелците кога излегоа од Египет,\n46 од онаа страна на Јордан, во долината спроти Вет-Фегор, во земјата на аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и кого го поразија Мојсеј и Израелевите синови, откако излегоа од Египет.\n47 Ја зазедоа неговата земја и земјата на васанскиот цар Ог, на двата аморејски цареви кои живееја преку Јордан на исток,\n48 од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, до гората Сион, односно Ермон,\n49 и сета Араба преку Јордан, на исток до морето во Араба, под стрмнините на Фазга.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1352, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6532", "title": "Петта книга Мојсеева/ 9 глава", "text": "1 „Слушај, Израелу! Денес преминуваш преку Јордан, за да потчиниш под себе: народи и поголеми и побројни отколку што си ти; големи градови, со тврдини до небесата;\n2 народ голем и со висок раст како Енаковите синови, кои веќе ги познаваш и за кои што си слушал: ‘Кој ќе устои пред Енаковците?’\n3 И така, знај дека денес Господ, твојот Бог, врви пред тебе; Тој ќе ги собори, ќе ти ги потчини тебе. Тогаш ти ќе ги растераш и ќе ги погубиш скоро, како што Господ и ти рече.\n4 Откако ќе ги изгони пред тебе Господ, твојот Бог, немој да речеш во своето срце: ‘Господ ме воведе да ја завладеам оваа земја заради мојата праведност.’ Спротивно, заради нечесноста на оние народи Господ ги гони пред тебе.\n5 Ти не одиш да ја земеш во сопственост нивната земја заради својата праведност и заради чесноста на своето срце, туку затоа што Господ, твојот Бог, заради опакоста на оние народи ги изгонува нив пред тебе, за да го одржи зборот со кој им се заколна на твоите татковци: Авраам, Исак и Јаков.”\n6 „И така, знај дека Господ, твојот Бог не ти ја дава оваа добра земја во наследство заради твојата праведност, зашто ти си народ со корав врат!\n7 Спомни си и не заборавај како Го лутеше Господа, својот Бог, во пустината. Од денот кога излеговте од Египетската Земја па до доаѓањето на ова место, Му бевте непокорни на Господа.\n8 На Хорив Го разгневивте Господа, и Господ така пламна на вас, што сакаше да ве уништи.\n9 Се искачив на гората за да ги примам камените плочи, плочите на Заветот што Господ го склучи со вас. На гората останав четириесет денови и четириесет ноќи: ниту јадев леб ниту пиев вода.\n10 И Господ ми даде две камени плочи, напишани со Божји прст, на кои беа сите зборови што ви ги кажа Господ од среде огнот на гората во денот на собирот.\n11 Кога поминаа четириесет денови и четириесет ноќи, Господ ми даде две камени плочи - плочи на Заветот.\n12 И Господ ми рече: ‘Стани! Слези итно оттука, зашто се расипа твојот народ, кого го изведе од Египет. Брзо слегоа од патот што им го означив: веќе си направија леан лик.’\n13 Уште Господ ми рече: ‘Го набљудував тој народ. Навистина тоа е коравовратен народ!\n14 Остави ме да ги уништам и да го избришам нивното име под небесата, а од тебе да направам народ и посилен и поброен отколку што е овој!’\n15 Се свртив и слегов низ планина, а гората постојано пламтеше во оган. Двете плочи на Заветот ми беа во рацете.\n16 Погледнав: навистина згрешивте против Господа, својот Бог. Си одлеавте теле. Така бргу се отклонивте од патот што Господ ви го беше посочил.\n17 Ги грабнав двете плочи па ги фрлив од себе со двете раце - ги скршив плочите пред вашите очи.\n18 Тогаш се фрлив ничкум пред Господа. Четириесет денови и четириесет ноќи - како и порано - ниту јадев леб ниту пиев вода заради сите гревови што ги направивте, правејќи зло во очите на Господа и срдејќи Го.\n19 Зашто се боев од лутината и гневот со кои Господ пламна против вас за да ве сотре. Но Господ и тогаш ме послуша мене.\n20 И Господ се расрди силно на Арона, сакаше да го уништи. Тогаш се зазедов и за Арона.\n21 Вашиот грев, телето што го бевте направиле, го зедов и го изгорев во оган. Го иситнив во прав и неговиот прав го фрлив во потокот што тече од гората.”\n22 „Кај Тавера, кај Маса и Киврот Атава, Го разгневивте Господа.\n23 Кога Господ ве испраќаше од Кадис-Варниј, говорејќи: ‘Отидете и земете ја земјата што ви ја дадов,’ се побунивте против словото на Господа, својот Бог; не се надевавте во Него ниту го слушавте Неговиот глас.\n24 Му бевте непокорни на Господа откако ве познавам.”\n25 „Затоа паднав ничкум и лежев пред Господа четириесет денови и четириесет ноќи, зашто Господ беше рекол дека ќе ве уништи.\n26 Го молев Господа и реков: ‘Господи мој, Господи! Не уништувај го Својот народ, Своето наследство што го избави со Своето величие и што го изведе од Египет со силна рака.\n27 Спомни си за Своите слуги: Авраама, Исака и Јакова, а не се обѕрнувај на коравоста на овој народ, на неговата нечесност, на неговиот грев,\n28 за да не се рече во земјата од која што нè избави: „Господ не можеше да ги воведе во земјата што им ја вети, или ги замрази, па затоа ги одведе во пустината за да ги уништи.”\n29 А тие се Твој народ, Твое наследство, оние кои ги изведе со Својата голема сила и со испружената мишка.’”>\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 780, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6534", "title": "Петта книга Мојсеева/ 10 глава", "text": "1 „Во тоа време Господ ми рече: ‘Изделкај две камени плочи како и поранешните па искачи се при Мене на планината; а направи и дрвен ковчег.\n2 На плочите ќе ги напишам зборовите кои беа на првите плочи што ги скрши. А потоа положи ги во ковчегот.’\n3 Направив ковчег од багремово дрво, изделкав две камени плочи какви што беа првите, па, со двете плочи во рацете, се искачив на планината.\n4 И напиша Тој на тие плочи, како и порано, Десет заповеди, што Господ ви ги рече на планината, од среде огнот, на денот на собирот. Тогаш Господ ми ги даде мене.\n5 Се свртив и слегов од гората. Ги положив плочите во ковчегот што го направив. И останаа таму, како што Господ ми нареди.\n6 Од Вирот на Јакановите синови, Израелевите синови отидоа кон Мосер. Таму умре Арон и таму беше погребан. Место него свештеник стана неговиот син Елеазар.\n7 Оттаму отидоа во Гадгад; од Гадгад во Јотват, во крај богат со потоци.\n8 Во тоа време Господ го одвои Левиевото племе да го носи Ковчегот на Господовиот Завет; да стои пред Господа во Негова служба па да го благословува во Негово име, како што прави и денес.\n9 Затоа Леви нема дел ни наследство со своите браќа: Господ е негово наследство, како што Господ, твојот Бог, и му рече.\n10 На гората останав, како и првиот пат, четириесет денови и четириесет ноќи. И Господ ме послуша и тој пат; не сакаше да те уништи,\n11 туку Господ ми рече: ‘Стани! Оди пред овој народ, за да влезат и за да ја завладеат земјата за која им се заколнав на нивните татковци дека ќе им ја дадам.’”\n12 „И така, Израеле, што бара Господ, твојот Бог, од тебе? Само тоа да се боиш од Господа, својот Бог, да одиш по сите Негови патишта; да Го љубиш и да Му служиш на Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа;\n13 да ги пазиш Господовите заповеди и Неговите закони што ти ги давам денес за твое добро.\n14 Еве, на Господа, твојот Бог, Му припаѓаат небото, и небото над небесата, земјата, и сè што е на неа.\n15 Ама на Господа само вашите татковци му омилеа, и после нив ве избра вас, нивните потомци, меѓу сите народи, како што е и денес.\n16 Обрежете го своето срце; не го коравете веќе вратот!\n17 Зашто Господ, вашиот Бог, е Бог над боговите, Господар над господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не е пристрасен и не се поткупува;\n18 им дава правда на сиракот и на вдовицата; го љуби придојденикот, му дава храна и облека.\n19 Љубете го и вие придојденикот, зашто и самите бевте придојденци во Египетската Земја.\n20 Бој се од Господа, својот Бог; служи Му Нему; прилепи се до Него; заколнувај се во Неговото име.\n21 Тој е твоја слава, твојот Бог, Кој заради тебе направи големи и чудесни дела што ги видоа твоите очи.\n22 Твоите татковци, кога се спуштија во Египет, беа само седумдесет, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен па ве има како ѕвезди на небото.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 523, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6535", "title": "Петта книга Мојсеева/ 11 глава", "text": "1 „И така, љуби Го Господа, својот Бог, и врши ги во сите дни Неговите наредби, Неговите закони, одредби и заповеди.\n2 Вие, а не вашите синови, кои не ги запознаа и не ги видоа поуките на Господа, вашиот Бог, денес се уверивте во Неговото величие, во Неговата силна рака, во испружената мишка,\n3 за Неговите знаци и за делата што им ги направи, среде Египет, на фараонот, египетскиот цар, и на целата негова земја;\n4 што им стори на египетската војска, на нивните коњи и на колите; како ги преплави со водите на Црвеното Море кога ве гонеа, и како ги сотре до денешниот ден;\n5 што стори за вас во пустината додека не стигнавте до ова место;\n6 што направи со Датан и Авирон, синовите на Елиав, Рувимовиот потомок, кога земјата ја отвори својата утроба па ги проголта среде целиот Израел нив и нивните семејства, нивните шатори и сè што имаа.\n7 Вашите очи ги видоа сите тие големи дела што Господ ги направи.”\n8 „Затоа пазете ги сите заповеди што ви ги наредувам денес, за да бидете силни па да ја земете во сопственост земјата во која одите да ја освоите;\n9 најпосле, за да живеете долго во земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство - земјата во која течат мед и млеко.\n10 Зашто земјата во која одиш да ја земеш во сопственост не е како Египетската Земја од која излеговте, каде, откако ќе го посееше семето, требаше да го напојуваш со својата нога како што се напојува зеленчукова градина.\n11 Земјата во која одите да ја земете во сопственост е земја на планини и долини, и ја натопува небескиот дожд;\n12 земја над која бдее Господ, твојот Бог, на која очите на Господа, твојот Бог, почиваат постојано, од почетокот до свршетокот на годината.”\n13 „‘Затоа, ако навистина ги послушате заповедите што ви ги давам денес, и ако Го љубите Господа, својот Бог, и ако Му служите со сето свое срце и со сета своја душа,\n14 ќе и давам на вашата земја дожд во право време: наесен и напролет, и ќе можеш да ги собираш: своето жито, своето вино и своето масло;\n15 ќе му давам трева на твоето поле за твојот добиток. Така ќе јадеш и ќе бидеш сит.’\n16 Внимавајте да не биде заведено вашето срце, да не тргнете по грешен пат, да не им искажувате почитување на други богови и да не им се клањате.\n17 Зашто тогаш Господ ќе пламне со гнев против вас: ќе ја затвори небесата; ќе нема дожд; земјата не ќе дава род, и вас ќе ве снема брзо од таа добра земја што Господ ви ја дава.”\n18 „Вложете ги овие мои зборови во своето срце и во својата душа; врзете ги како знак на својата рака; нека ви бидат како запис меѓу очите!\n19 Поучете ги на нив своите синови, изговорувајте ги кога седите во својата куќа и кога одите патем; кога легнувате и кога станувате.\n20 Напишете ги на довратниците на својата куќа и на својата врата,\n21 за да бидат вашите денови и деновите на вашите синови - во земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци дека ќе им ја даде - бројни како деновите на небесата над земјата.\n22 Ако ги држите верно сите овие заповеди кои ви ги наредувам, ако ги вршите и ако Го љубите Господа, својот Бог, ако одите по сите Негови патишта и ако се прилепите цврсто до Него,\n23 Господ ќе ги протера од пред вас сите тие народи, и вие ќе завладеете помногубројни и посилни народи од себе.\n24 Секое место на кое ќе стапне вашата нога ќе биде ваше; од пустината и од Ливан, од Реката, од реката Еуфрат, до Западното Море, ќе се тегне вашето подрачје.\n25 Никој не ќе се одржи пред вас; Господ, вашиот Бог, ќе внесе страв и трепет по сета земја во која ќе стапите, како што ви рече.”\n26 „Гледајте! Денес ви нудам благослов и проклетство:\n27 благослов, ако ги слушате заповедите на Господа, вашиот Бог, што ви ги давам денес;\n28 а проклетство, ако не ги слушате заповедите на Господа, својот Бог, туку се отклоните од патот што ви го одредувам денес па тргнете по други богови, што не ги познавате.\n29 Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во сопственост, тогаш искажи благослов над гората Гаризим, а проклетство над гората Евал.\n30 Тие гори се издигаат, како што знаете, отаде Јордан, зад патот кон запад, во земјата на Ханаанците, кои живеат во Араб, спроти Галгал, покрај Дабот Море.\n31 Ете ќе преминете преку Јордан за да ја земете во сопственост земјата што ви ја дава Господ, вашиот Бог. Заземете ја и населете се во неа.\n32 Но пазете ги и вршете ги сите закони и одредби што ви ги изложувам денес.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 818, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6542", "title": "Петта книга Мојсеева/ 14 глава", "text": "1 „Вие сте синови на Господа, својот Бог. Не правете си врз себе врезаници ниту потстрижувања на челото за покојникот.\n2 Па ти си народ посветен на Господа, својот Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш Негов народ, Негова сопственост.\n3 Не јадете ништо нечисто.\n4 Ова се животните што можете да ги јадете: волот, овцата, козата,\n5 еленот, срната, срнчето, козорогот, антилопата, биволот и дивата коза;\n6 можете да го јадете секое животно што има раздвоени копита - сосем раздвоени надве - и што прежива.\n7 Од преживарите или од животните со раздвоени копита само овие не смеете да ги јадете: камилата, зајакот и питомиот зајак. Имено, па иако преживаат немаат раздвоени копита, нека бидат нечисти за вас.\n8 А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста за вас. Не јадете од нејзиното месо ниту допирајте ја нејзината мрша.\n9 А од сè, што живее во водата ова можете да јадете: сè што има лушпи и перки, можете да јадете.\n10 А што нема лушпи и перки не смеете да јадете. Тоа нека биде нечисто за вас.\n11 Секоја чиста птица можете да ја јадете.\n12 Ама овие не смеете да ги јадете: орелот-стрвник и јастребот,\n13 дивата кокошка, соколот од кој и да е вид;\n14 гавранот од било кој вид;\n15 нојот, јастребот кокошкар, галебот ни крагујот од било кој вид;\n16 бувот, утот и лебедот;\n17 неситот, белиот стрвинар и нуркачот;\n18 штркот, чапјата од било кој вид; пупунчето и лилјакот.\n19 Сите крилести бубачки нека бидат нечисти за вас.\n20 Сè крилесто чисто можете да јадете.\n21 Не смеете да јадете ништо што ќе пцовиса. Дај му го тоа на придојденикот кој престојува во твоите градови нека јаде, или пак продај му го на туѓинецот. Зашто ти си народ посветен на Господа, својот Бог. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.”\n22 „Одвојувај десеток од приходот секоја година сè што ќе роди твоето посеано поле.\n23 А тогаш јади го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло и од првината на својот крупен и ситен добиток во присуство на Господа, својот Бог, на местото што Тој ќе го избере за да го настани таму Своето Име; за да се научиш така да се боиш секогаш од Господа, твојот Бог.\n24 Ако ти биде патот предолг, па не можеш да го донесеш десетокот - зашто е премногу далеку од тебе местото што Господ го избра за да го настани во него Своето Име - тогаш, кога Господ, твојот Бог, ќе те благослови,\n25 продај го тоа за сребреници, земи ги сребрениците во раката и оди во местото што го избра Господ, твојот Бог.\n26 Тогаш купи за сребрениците што сакаш: говедо, ситно животинче, вино или опоен пијалак - што ќе ти посака душата. Таму во присуство на Господа, својот Бог, јади и весели се ти и твоите домашни.\n27 Не го заборавај левитот, кој ќе биде во твоите градови, зашто тој нема дел ни наследство со тебе.\n28 На крајот на секоја трета година изнеси го сиот десеток на својот приход од таа година и положи го при твојата врата.\n29 Па нека дојде левитот - зашто нема дел ни наследство со тебе - придојденикот, сиракот и вдовицата, кои живеат во твојот град, и нека јадат и нека се наситат. Така ќе те благословува Господ, твојот Бог, во сите работи што ќе ги преземе твојата рака.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 573, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6546", "title": "Петта книга Мојсеева/ 16 глава", "text": "1 „Пази го месецот Авив и слави ја Пасхата во чест на Господа, својот Бог, зашто Господ, твојот Бог, во месецот Авив, те изведе ноќе од Египет.\n2 Како Пасха во чест на Господа, својот Бог, жртвувај од ситниот и крупниот добиток во местото што Господ ќе го избере за да го настани во него Своето Име.\n3 Ништо со квас не јади со неа; туку седум денови јади бесквасен леб - леб на огорчение - бидејќи набрзина излезе од Египетската Земја: за да си спомнуваш во текот на целиот свој век за денот кога излезе од Египетската Земја.\n4 Седум денови нека не се гледа кај тебе квас на целото твое подрачје, и ништо од месото на жртвата што ќе ја заколеш навечер не смее да остане преку ноќта до утрото.\n5 Не е дозволено да се жртвува Пасхата во кој и да е град што ќе ти го даде Господ, твојот Бог,\n6 туку во местото кое ќе го избере Господ, твојот Бог, за да го настани таму Своето Име; само таму жртвувај ја Пасхата во предвечерјето, при зајдисонцето, зашто во тоа време излезе од Египет.\n7 Испечи ја и изеди ја на местото што ќе го избере Господ твојот Бог. Тогаш наутро сврти се и запати се кон своите шатори.\n8 Шест дни јади пресни лебови, а на седмиот ден нека биде свечен собир во чест на Господа, твојот Бог. Не работи никаква работа!”\n9 „Изброј седум седмици; а тие седум недели почни да ги броиш кога српот ќе почне да го жние класјето.\n10 Тогаш празнувај го празникот Седмици во чест на Господа, својот Бог, принесувајќи Му доброволен принос од своите раце, како што Господ, твојот Бог, веќе ќе те благослови.\n11 И весели се тогаш пред Господа, својот Бог - на местото што Господ, твојот Бог, ќе го избере за да го настани таму Своето Име - ти, твојот син и твојата ќерка, твојот слуга и твојата слугинка, левитот кој ќе биде во твојот град, придојденикот, сиракот и вдовицата што ќе бидат кај тебе.\n12 Спомни си дека и самиот беше роб во Египет. Затоа пази ги и врши ги овие одредби.”\n13 „Празникот Сеници слави го седум денови, откако ќе ги собереш плодовите од твоето гумно и од својата каца.\n14 Весели се на својот празник ти, твојот син, твојата ќерка, твојот слуга, твојата слугинка, левитот и придојденикот, сиракот и вдовицата што ќе се најдат во твојот град.\n15 Празнувај во чест на Господа, својот Бог, седум денови на местото што ќе го избере Господ, зашто Господ, твојот Бог, ќе те благословува во сите твои жетви, во сите твои производи за да бидеш весел.\n16 Трипати во годината сите твои машки нека се појават пред Господа, твојот Бог, на местото што ќе го избере: на празникот Бесквасен леб, на празникот Седмици и на празникот Сеници. Ама никој нека не доаѓа при Господа со празни раце,\n17 но секој нека принесе што може, според благословот што ти го додели Господ, твојот Бог.”\n18 „Во секој град, што ќе ти го даде Господ, твојот Бог, постави судии и надгледувачи за своите племиња, за да управуваат праведно со народот.\n19 Не искривувај ја правдата; не биди пристрасен; не примај поткуп, зашто поткупот ги заслепува очите на мудрите, а ја загрозува работата на праведните.\n20 Стреми се кон самата правда, за да живееш долго и за да ја земеш во сопственост земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава.”\n21 „Не поставувај ашери и од било какво дрво околу жртвеникот на Господа, својот Бог, што ќе го издигнеш;\n22 и не подигај столбови, зашто Господ, твојот Бог, го мрази тоа.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 603, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6548", "title": "Петта книга Мојсеева/ 17 глава", "text": "1 „Не жртвувај Му на Господа, својот Бог, ни вол ни овен што би имал на себе недостаток или некакво зло, зашто тоа е гадно пред Господа, твојот Бог.\n2 Ако во твојата средина - во било кој твој град, што ти го дава Господ, твојот Бог - се најде човек или жена да направи тоа што е зло во очите на Господа, твојот Бог, и да го престапи Неговиот Завет:\n3 па отиде да им служи на други богови и им се поклони ним, на сонцето, на месечината, или на што и да е од небеското воинство, а што сум го забранил јас,\n4 и ти се јави тебе за тоа и ти го чу тоа, тогаш испитај внимателно; и ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во Израел,\n5 тогаш тој човек, или таа жена, кои направија такво зло, изведи ги пред градската врата па каменувај ги за да загинат.\n6 Осудените на смрт нека бидат погубени на изјава на двајца или тројца сведоци. На збор на еден сведок не смеат да бидат погубени.\n7 Најнапред сведоците нека кренат рака на него за да го погубат, а потоа нека ја дигне целиот народ. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.”\n8 „Ако ти биде нешто претешко да го пресудиш: убиство, судир за правата, некаква повреда или караница во твојот град, тогаш стани и тргни кон местото што ќе го избере Господ, твојот Бог.\n9 Обрни им се на свештениците, на левитите и на судиите кои ќе бидат за тоа време. Прашај ги нив, тие ќе ти пресудат.\n10 И направи онака како што ќе ти речат во местото што Господ го избра, и настојувај да направиш сè, што тие ќе те научат тебе.\n11 Постапи според напатствието што ќе ти го дадат и според пресудата која ќе ја донесат. Не отстапувај ни десно ни лево од пресудата што ќе ти ја кажат.\n12 Ако некој би се спротивил дрско и не би ги послушал ни свештеникот, кој стои таму за да Му служи на Господа, твојот Бог, ни судијата, тој човек нека биде погубен. Така ќе го откорнеш злото од Израел,\n13 а сиот народ, кога ќе научи, ќе се бои и веќе нема да се противи дрско.”\n14 „Кога ќе стигнеш во земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог, имено; кога ќе ја земеш во сопственост и кога ќе се населиш во неа, па тогаш ќе речеш: ‘Сакам да поставам цар над себе, како што го имаат сите други народи околу мене’ -\n15 тогаш ќе си го поставиш за цар оној, кого ќе го избере Господ, твојот Бог. Постави некого од своите браќа за цар над себеси, а не смееш да поставуваш над себеси туѓинец, кој не ти е брат.\n16 Само нека не држи многу коњи, и нека не го праќа народот во Египет, за да го зголеми бројот на коњите. Зашто Господ ви рече: ‘По овој пат никогаш повеќе не се враќајте!’\n17 И нека нема многу жени, за да не му тргне срцето по суета; и нека не натрупува за себе купови сребро ни злато!\n18 А кога ќе седне на царскиот престол, нека го препише за себе на свиток овој Закон од свештениците левити.\n19 Нека го држи покрај себе; нека го чита во секое време на својот живот, за да научи да се бои од Господа, својот Бог, за да ги пази сите зборови на овој Закон и да ги врши овие одредби;\n20 за да не се издигне со срцето над своите браќа и за да не сврти настрана од оваа заповед ни десно ни лево, за да би царувал долго, тој и неговите синови, во Израел.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 613, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6544", "title": "Петта книга Мојсеева/ 15 глава", "text": "1 „На крајот на седмата година проштавај ги долговите.\n2 Вака нека биде прошката: секој нека му го прости своето побарување на должникот; нека не го бара долгот од својот ближен ни од својот брат, кога еднаш ќе биде прогласено Господовото проштавање на долговите.\n3 Можеш да бараш од туѓинецот, ама она што ќе се најде твое кај брата ти, треба да го оставиш,\n4 за да нема сиромав кај тебе. Па Господ ќе те благословува изобилно во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство за да ја имаш,\n5 само ако го слушаш добро гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги и вршејќи ги сите овие заповеди што ти ги давам денес.\n6 Господ, твојот Бог, ќе те благословува, како што ти вети, па ќе можеш да им даваш заеми на многу народи, а самиот не ќе треба да ги земаш; и ќе владееш над многу народи, додека тие нема да господарат над тебе.\n7 Ако се најде кај тебе некаков сиромав, некој од твоите браќа, во кој и да е град во земјата што Господ, твојот Бог, ќе ти ја даде, не биди со тврдо срце ниту ги затворај своите раце спрема својот беден брат,\n8 но отвори ги ширно своите раце и дај му спремно тоа што му недостига.\n9 Чувај се да не ти се зароди во срцето опака мисла па да речеш: ‘Седмата година, година на проштавање на долговите, веќе наближува,’ и да не погледаш со лошо око на својот сиромашен брат и да не му дадеш ништо. Тој би Го повикал Господа против тебе, и гревот ќе биде на тебе.\n10 Давај му со задоволство, а не срцето да ти биде нерасположено кога му даваш, зашто заради тоа ќе те благословува Господ, твојот Бог, во секоја твоја работа и во секој потфат на твоите раце.\n11 Бидејќи бедните никогаш не ќе ги снема од земјата, ти заповедам: отвори ја ширум својата рака за својот брат, за својот беден и за оној што има потреба во твојата земја.”\n12 „Ако ти се продаде тебе твојот брат - Евреин или Еврејка - нека ти служи шест години, а на седмата година пушти го слободен од кај себе.\n13 Кога ќе го пуштиш слободен од при себеси, не испраќај го со празни раце.\n14 Дарувај го со нешто од својот добиток, од своето гумно и од својата каца; со што веќе Господ, твојот Бог, те благословил, дај му и нему од тоа.\n15 Спомнувај си како беше роб во Египетската Земја, и како Господ, твојот Бог, те откупи. Затоа ти го заповедам ова денес.\n16 Но ако тој ти рече: ‘Не сакам да си одам од кај тебе,’ зашто ве љуби тебе и твојот дом, и зашто кај тебе му беше добро -\n17 тогаш земи шило и продупчи му го увото при вратата, и нека ти биде роб засекогаш! Така исто направи и со својата слугинка.\n18 Кога ќе го отпушташ слободен од кај тебе, нека не ти биде тешко, зашто заслужил двојна наемничка плата за шест години што ти ги служеше. Затоа Господ, твојот Бог, ќе те благослови во сè што ќе работиш.”\n19 „Сите машки првородени, што ќе ги даде твојот крупен и ситен добиток, посвети Му ги на Господа, својот Бог! Затоа волот првенец не го впрегнувај ниту стрижи го првенецот на својот ситен добиток.\n20 Јади го ти и твојот дом секоја година во присуство на Господа, твојот Бог, во местото што ќе го избере Господ.\n21 Ама ако имаат некаков недостаток, ако бидат хроми или слепи, или ако имаат некаков грд недостаток, немој да Му ги жртвуваш на Господа, твојот Бог!\n22 Изеди ги во својата куќа. И нечистиот и чистиот можат да ги јадат, како срната и еленот.\n23 Единствено не смееш да ја јадеш нивната крв! Излеј ја на земјата како вода.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 638, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6552", "title": "Петта книга Мојсеева/ 19 глава", "text": "1 „Кога Господ, твојот Бог, ги истреби народите чија земја ти ја дава тебе, па кога ги истераш и се населиш во нивните градови и домови,\n2 во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, оддели три града.\n3 Направи пат натаму, а тогаш подрачјето на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, подели го на три, така да може секој убиец да пребега таму.\n4 Ова е случај во кој убиецот може да пребега таму и да го спаси својот живот: кога некој го убие својот ближен неволно, а да не го мразел пред тоа;\n5 пример: кога ќе отиде со својот ближен во гората да сече дрва, па замавне со секирата во раката за да го кутне дрвото, железото летнува од дршката и го погаѓа неговиот другар, па тој загинува: таквиот убиец нека пребега во еден од тие градови, и ќе го спаси животот.\n6 Инаку крвниот одмаздник, гонејќи го во својот бес убиецот кога патот би бил предолг - би можел да го стигне гонетиот и да го погуби, иако тој не заслужил смрт, бидејќи не го мразеше отпорано убиениот.\n7 Затоа ти наредувам оддвои три града!\n8 А кога Господ, твојот Бог, го прошири твоето подрачје, како што им се заколна на твоите татковци, и ти ја даде целата земја која им ја вети на твоите татковци,\n9 и ако ги пазиш и вршиш сите овие заповеди што ти ги заповедав денес, и Го љубиш Господа, својот Бог, и одиш по Неговите патишта за сето време - тогаш кон овие градови додај уште три града:\n10 така не ќе се пролева невина крв во твојата земја која ти ја дава Господ во наследство, и не ќе се извалкаш со крв.”\n11 „Но ако некој го мрази својот ближен и го дебне, скокне на него и го убие, а потоа избега во еден од тие градови,\n12 тогаш старешините на оној град нека го изведат убиецот и нека го предадат во рацете на крвниот одмаздник за да го погуби.\n13 Твоето око нека не го сожалува! Така, во Израел, ќе го искорениш пролевањето на невина крв, и ќе бидеш среќен.”\n14 „Не го преместувај соседовиот меѓник, со кој старите го разграничија твојот недвижен имот, што ќе го наследиш во земјата која ќе ти ја даде Господ, твојот Бог, во наследство.”\n15 „Нека не станува еден единствен сведок против човек, ниту за каква вина и ниту за каков злостор. Каков и да е прекршокот, пресудата нека почива врз изјавата на двајца или тројца сведоци.\n16 Ако некој лажен сведок стане против некого обвинувајќи го за буна,\n17 тогаш двата кои се спорат нека стапат пред Господа, пред свештеникот и пред судиите кои ќе ја вршат службата во тоа време.\n18 Судиите нека спроведат основна истрага. Ако се покаже дека сведокот е лажен и дека сведочел лажно против брата си,\n19 направете му онака како што тој му намислил на својот брат. Откорнете го злото од својата средина!\n20 Другите, кога ќе чујат за тоа, ќе се исплашат, па веќе не ќе прават такво зло во твојата средина.\n21 Нека не ти се сожалува окото! Живот за живот; око за око; заб за заб; рака за рака; нога за нога.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 540, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6550", "title": "Петта книга Мојсеева/ 18 глава", "text": "1 „Свештениците левити - целото Левиево племе - нека немаат дел во наследството со Израел; нека живеат од жртвите палени на Господа и од Неговото наследство.\n2 И така, нека немаат наследство меѓу своите браќа: Господ е нивно наследство, како што и им рече.\n3 Ова нека биде свештеничка награда од народот - од оние што принесуваат жртва, било тоа да се говеда или овци, на свештеникот треба да му се дадат плешките, вилиците и желудникот.\n4 Давај му и првина од своето жито, од своето вино, од своето масло и првината од волната на своите овци,\n5 зашто него го избра Господ, твојот Бог, од сите твои племиња; него и неговите синови, за да стојат засекогаш пред Господа, твојот Бог, па да обавуваат служба и да благословуваат во името на Господа.\n6 Ако некој левит, кој престојува во некој твој град, каде и да е во Израел, посака со сета своја душа да дојде во местото што го избра Господ,\n7 може да служи таму во името на Господа, својот Бог, како и другите негови браќа, левити, кои служат таму пред Господа.\n8 Нека јаде еднаков дел како и другите, без обѕир на продадениот татков имот.”\n9 „Кога ќе влезеш во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, не приучувај се на одвратните гнасности на оние народи.\n10 Кај тебе нека не се најде некој, кој би ги гонел низ оган својот син или својата ќерка; кој би се бавел со гатање, чародејство, вражање и волшебништво;\n11 никој кој би баел, кој би повикувал духови и души на предците или кој би се обраќал на покојниците.\n12 Зашто му се гади на Господа, секој што прави нешто такво; заради таквите одвратности нив и ги гони пред тебе Господ, твојот Бог.\n13 Биди Му сосем верен на Господа, својот Бог.\n14 Народите што наскоро ќе ги истераш ги слушаат вражалците и гаталците, но Господ, твојот Бог, не ти го дозволува тоа тебе.”\n15 „Господ, твојот Бог, ќе ти издигне од твојата средина, од твоите браќа, Пророк, каков што сум јас: слушајте Го Него!\n16 Сосем онака како што и молеше од Господа, својот Бог, на Хорив, на денот на собирот, кога велеше: ‘Не сакам веќе да го слушам гласот на Господа, својот Бог, ниту сакам веќе да го гледам тој силен оган, за да не загинам!’\n17 Господ ми рече на тоа: ‘Право рекоа.\n18 Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, каков што си ти. Ќе ги положам своите зборови во неговата уста, за да им каже сè што ќе му заповедам.\n19 А ако некој не ги послуша Моите зборови што ќе ги зборува Пророкот во Мое име, тој ќе одговара пред Мене.\n20 А пророкот, кој би се осмелил да зборува нешто во Мое име, што Јас не сум заповедал да зборува, и кој би зборувал во името на други богови, таквиот пророк нека биде погубен.’\n21 Можеби ќе речеш во своето срце: ‘Како ќе го препознаеме словото што Господ не го изрекол?’\n22 Кога пророкот зборува во името на Господа, па тоа не биде и словото не се исполни, тогаш тоа е зборот што Господ не го кажал. Тој пророк зборуваше во дрскост. Немој да се плашиш од него.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 537, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6564", "title": "Петта книга Мојсеева/ 25 глава", "text": "1 „Кога ќе стане караница меѓу луѓето, и дојдат на суд за да им се суди, нека му се даде правото на оној кој е прав, а виновникот нека биде осуден.\n2 Ако кривецот заслужува да биде бичуван, судијата нека му нареди да легне, и тука пред него нека му избројат онолку удари колку му следуваат според неговата вина.\n3 Можат да му се одредат до четириесет удари, но не повеќе, за да не биде преголемо синилото, па да не се понижи пред тебе твојот брат, кога би му удриле повеќе удари.\n4 Не заврзувај му ја устата на волот кога врши.\n5 Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека и пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност.\n6 А првиот син што таа ќе го роди нека му остане по име на неговиот брат, за да не изумре неговото име во Израел.\n7 Ако, меѓутоа, човекот не сака да се ожени со својата снаа, тогаш неговата снаа нека дојде при вратата пред старешините и рече: ‘Мојот девер не сака да го запази името на својот брат во Израел; не сака да ми ја исполни деверската должност.’\n8 Старешините на неговиот град нека го повикаат и нека го прашаат. Ако биде упорен и рече: ‘Не сакам да се женам со неа,’\n9 неговата снаа нека пристапи кон него, пред очите на старешините, па нека му ја извади обувката од ногата, нека му плукне во лицето и нека ги рече овие зборови: ‘Вака му се прави на човек, кој не сака да го подигне домот на својот брат!’\n10 Тој нека биде наречен во Израел: „Дом на босиот.”\n11 Ако двајца се степат, па жената на едниот тргне да го избави својот маж од рацете на оној кој го бие, и таа ја испружи својата рака и го фати оној за срамниот член,\n12 отсечи и ја раката, и нека не ја сожалува твоето око.\n13 Не носи двоен тег во торбата, поголем и помал.\n14 Во својата куќа пак не држи двојна ефа: поголема и помала.\n15 Тегот нека ти е потполн и точен, и ефата нека ти е потполна и точна, за да живееш долго во земјата која ти ја дава Господ, твојот Бог.\n16 Па на Господа на твојот Бог, му е одвратен оној кој го прави тоа, кој прави неправда.\n17 Спомни си за она што ти направи Амалик додека бевте на пат, откако излеговте од Египет;\n18 како те пречека на патот и ги истепа во твојата заднина сите немоќни, кога беше уморен и исцрпен, зашто не се боеше од Бога.\n19 И затоа, кога Господ, твојот Бог, те смири од сите твои непријатели наоколу во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, избриши го под небото споменот на Амалика. Не заборавај!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_25_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 493, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6582", "title": "Петта книга Мојсеева/ 34 глава", "text": "1 Потоа Мојсеј отиде од Моавските полиња на гората Нево, на врвот Фазга, спроти Ерихон, каде што Господ му ја покажа целата земја: од Галад до Дан,\n2 сиот Нефталим, Ефремов и Мансиев крај, сета Јудина покраина до Западното Море;\n3 потоа Негев, подрачјето на Ерихонската Долина - Градот на палмите - до Сигор.\n4 Потоа Господ му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков дека ќе му ја дадам на твоето потомство. Дозволив да ја видиш со своите очи, но ти нема да поминеш онаму.”\n5 И Мојсеј, Господовиот слуга, почина таму во Моавската Земја по Господовата заповед.\n6 И Тој го погреба во долината во земјата спроти Вет-Фегор. До денешен ден никој не научи за неговиот гроб.\n7 Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре. Окото не му ослабе ниту му попушти силата.\n8 Израелците го оплачуваа Мојсеја во Моавските Полиња триесет денови. Потоа поминаа и деновите на плачењето - на тажењето за Мојсеја.\n9 А Исус синот Навинов, беше исполнет со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги имаше положено своите раце на него. Израелците го слушаа него и правеа како што Господ му нареди на Мојсеја.\n10 Не се појави веќе пророк во Израел еднаков на Мојсеја - Господ го познаваше него лице во лице!\n11 Според сите оние знаци и чудеса во Египетската Земја, за кои Господ го праќаше да ги прави врз Фараонот, врз сите негови службеници и врз целата негова земја,\n12 според онаа негова силна рака и според сите оние големи застрашувачки дела, кои ги направи пред очите на целиот Израел.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_34_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 269, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6554", "title": "Петта книга Мојсеева/ 20 глава", "text": "1 „Ако тргнеш во војна против своите непријатели па видиш коњи, коли и народ поброен од себе, не бој се од нив! Та со тебе е Господ, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја.\n2 Пред бојот свештеникот нека истапи и нека му зборува на народот.\n3 Нека им каже: ‘Чуј, Израеле! Денес тргнувате во бој против своите непријатели. Нека не ви премалува срцето! Не плашете се! Не бојте се! Не треперете пред нив!\n4 Па Господ, вашиот Бог, иде со вас за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.’\n5 Потоа надгледувачите нека му проговорат на народот: ‘Има ли некој што изградил нова куќа а не се вселил во неа? Нека се врати во својата куќа, за да не загине во бојот па да се всели некој друг во неа.\n6 Има ли некој што посадил лозје а уште не го брал? Нека се врати во својот дом, за да не погине во бојот па да не му го обере друг родот.\n7 Има ли некој што се свршил а не се оженил? Нека се врати во својот дом, за да не погине во бојот па да не му ја одведе некој друг свршеницата.’\n8 Воените началници нека продолжат и нека му речат на народот: ‘Кој се бои и кому срцето му е обесхрабрено, нека се врати во својот дом, за да не им се обесхрабрува срцето на неговите браќа како нему.’\n9 Кога надгледувачите ќе го завршат говорот на народот, воените заповедници нека застанат на чело на народот.”\n10 „Кога ќе дојдеш под некој град за да се нафрлиш врз него, најнапред понуди му мир.\n11 Ако ти одговори со мир и ти ги отвори своите врати, сиот народ што ќе го најдеш во него претвори го во поданик, нека работи за тебе.\n12 Но ако го одбие твојот мир и завојува против тебе, опсади го.\n13 Кога Господ, твојот Бог, ти го предаде во рацете, погуби ги со остар меч сите негови машки!\n14 А жените, децата, добитокот, сè што ќе биде во градот - сиот плен - земи ги за себе, и уживај го пленот од своите непријатели, што ти го дава Господ, твојот Бог.\n15 Така постапувај со сите градови, кои се многу далеку од тебе, кои не се од градовите на овие народи оттука.\n16 Во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти ги предава во наследство не оставај ништо во живот,\n17 туку удри ги со клето уништување: Хетејците и Аморејците, Ханаанците и Ферезејците, Евејците и Евусејците, како што Господ, твојот Бог, ти нареди:\n18 за да не ве научат да ги правите сите оние одвратности што им ги прават на своите богови, па да не согрешите против Господа, својот Бог.\n19 Кога ќе нападнеш некој град па треба да го опсадуваш долго за да го освоиш, не ги уништувај неговите дрва засечувајќи во нив со секирата. Можеш да им го јадеш плодот, а немој да ги сечеш. Зашто полските дрва не се луѓе за да можат да избегаат пред тебе во тврдината.\n20 Единствено дрвата за кои знаеш дека не се овошки можеш да ги ништиш; нив можеш да ги сечеш и да правиш од нив справи за опсадување на градот што е во војна против тебе, додека не падне.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 549, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6556", "title": "Петта книга Мојсеева/ 21 глава", "text": "1 „Ако во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, за да ја земеш во сопственост, се најде некој убиен како лежи во полето - а не се знае кој го убил -\n2 тогаш нека отидат твоите старешини и судии и нека ја измерат оддалеченоста од убиениот до градовите наоколу.\n3 Така ќе утврдат кој град е најблизу до убиениот. Тогаш старешините на тој град нека земат јуница што уште не работела: што уште не влекла под јарем.\n4 Потоа старешините на оној град нека ја отераат јуницата во некој непресушлив поток, на место што не се обработува и што не се сее, и таму, при потокот, нека ја заколат јуницата.\n5 Потоа нека дојдат свештениците, Левиевите потомци. Зашто нив ги одбра Господ, твојот Бог, за да Му служат и за да благословуваат во Господово име; и според нивниот збор се решава секој спор и секое насилство.\n6 Потоа сите старешини од оној град, што ќе биде најблизу до убиениот, нека ги измијат рацете во потокот над закланата јуница.\n7 Потоа нека изјават: ‘Нашите раце не ја пролеаја оваа крв ниту нашите очи видоа што и да е.\n8 Закрили го, Господи, Својот народ Израел, што го ослободи; не дозволувај да се пролева невина крв во твојот Израелски народ!’ Така ќе биде заштитен од крвта.\n9 А ти ќе го отстраниш пролевањето на невина крв од својата средина ако направиш што е право во Господовите очи.”\n10 „Кога ќе отидеш во војна против своите непријатели, па Господ, твојот Бог, ти ги предаде во твои раце, па ги заробиш,\n11 ако забележиш меѓу плениците убава жена и се загледаш во неа, можеш да ја земеш за жена.\n12 Доведи ја во својата куќа, па нека ја избричи главата, нека ги потсече ноктите,\n13 и нека ја отфрли облеката во која беше заробена. Нека помине цел месец во твојот дом, оплакувајќи ги татка си и мајка си. Потоа можеш да и пристапиш како маж, и нека ти стане жена.\n14 Ако потоа не ти биде по волја, пушти ја каде што и е мило. Не смееш да ја продадеш за сребреници, ниту да постапуваш со неа како со робинка, зашто ти беше жена.”\n15 „Ако некој човек има две жени: една што му е мила, а другата што му е немила, па милата и немилата му родат синови, ама првороденецот е од онаа што не му е возљубена,\n16 тогаш, кога ќе дојде денот да го подели својот имот меѓу своите синови, не смее да постапи кон првороденецот од возљубената на штета на синот од немилата, кој е првенец,\n17 туку треба да го признае за првороденец синот на невозљубената и да му даде нему двоен дел од сè што има. Зашто тој е првина на неговата сила - нему му припаѓа правото на првородството.”\n18 „Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат -\n19 неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место,\n20 и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нè слуша; ништожник е и пијаница.’\n21 Потоа сите луѓе, неговите сограѓани, нека го опсипат со камења додека не загине. Така ќе го откорнеш злото од својата средина: сиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се бои.”\n22 „Ако некој направи зло што заслужува смрт, па биде погубен со бесење на дрво,\n23 неговото мртво тело нека не остане на дрвото преку ноќта, туку погреби го во истиот ден, зашто обесениот е Божјо проклетство. Така нема да ја извалкаш својата земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_21_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 620, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6560", "title": "Петта книга Мојсеева/ 23 глава", "text": "1 „Нека не биде примен во Господовото собрание скопениот или кому му е пресечен половиот член.\n2 Ни вонбрачно родениот нека не биде примен во Господовото собрание; нека не бидат примани ни неговите во Господовото собрание ни до десеттото колено.\n3 Во Господовото собрание нека не влегува ни Амонец ни Моавец; никој од нивните, па ни во десеттото поколение, не смее никогаш да влегува во Господовото собрание.\n4 А сè заради тоа што не излегоа пред вас со леб и вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет; и затоа што за пари го најмија Веоровиот син, Валаам од Фегор во Арам Нахараим, за да те проколне.\n5 Ама Господ, твојот Бог, не сакаше да го послуша Валаама, туку Господ, твојот Бог, го претвори проклетството во благослов, зашто Господ, твојот Бог те љуби.\n6 Никогаш не ги подобрувај нивната благосостојба и нивниот имот во сите свои дни довека.\n7 Не го презирај Едомецот, зашто тој е твој брат. Не презирај го ни Египетецот, зашто беше придојденик во неговата земја.\n8 Нивните потомци можат да бидат примени во Господовото собрание во третото поколение.\n9 Кога ќе тргнеш со логорот против своите непријатели, чувај се од секакво зло.”\n10 „Ако некој меѓу твоите стана нечист заради ноќното излевање, нека излезе од логорот и нека не се враќа во него.\n11 А приквечер нека се искапе во вода, па по зајдисонце може пак во логорот.\n12 Имај место надвор од живеалиштето каде ќе одиш понадвор.\n13 Со својата спрема носи и лопатче; со него, кога ќе одиш понадвор, ќе ископаш дупка и после ќе ја покриеш својата нечистота.\n14 Та Господ, твојот Бог, оди низ средината на твојот логор за да те штити и за да ти ги предаде твоите непријатели. Затоа и твојот логор треба да биде свет. Нека Господ не забележи ништо нечисто во тебе, за да не се одврати од тебе.”\n15 „Не смееш да му го предадеш на господарот робот, кој пребегал при тебе.\n16 Нека престојува со тебе во твојата средина, во местото што ќе го избере во еден од твоите градови, каде ќе му се допадне.\n17 Нека нема светилишна блудница меѓу Израелевите ќерки и нека нема светилишен блудник (содомист) меѓу Израелевите синови!\n18 Не донесувај во Господовиот дом, ниту за каков завет, блудничина плата, ниту кучешки сребреници, зашто двете му се одвратни на Господа, твојот Бог.\n19 Не барај лихва од својот брат ниту лихва за сребреници, ниту лихва за храна, ниту лихва на што и да е, каде обично се бара.\n20 Од туѓинецот можеш да бараш лихви, ама не ги барај од својот брат, за да ти даде Господ, твојот Бог, благослов во секој потфат на твоите раце во земјата во која одиш да ја земеш во сопственост.\n21 Кога ќе му заветуваш некаков завет на Господа, на својот Бог, не двоуми се да го исполниш. Навистина, Господ, твојот Бог, ќе го бара од тебе; и ќе имаш грев.\n22 Ако не се заветуваш, нема да имаш грев.\n23 Но исполни го она што ќе помине преку твоите усни, завет што му го обрече слободно со своите усни на Господа, својот Бог.\n24 Ако влезеш во лозјето на својот сосед, слободно ти е да јадеш грозје колку што сакаш, но не смееш да ставаш во својот сад.\n25 Ако влезеш во житото на својот сосед, можеш да кинеш класје со раката, но не смееш да принесуваш срп до житото на својот ближен.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_23_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 574, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6538", "title": "Петта книга Мојсеева/ 12 глава", "text": "1 „Овие се законите и одредбите што треба да ги пазите и да ги вршите во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во сопственост за сите денови што ќе ги живеете на земјата.\n2 Срамнете ги со земјата сите места на кои народите, кои ќе ги изгоните, им искажуваа почитување на своите богови, без обѕир на тоа дали се наоѓаат на високите планини, на ритчињата или под некакво зелено дрво.\n3 Урнете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, изгорете им ги ашерите, здробете ги киповите на нивните богови, затрете им ги имињата од оние места.\n4 На Господа, својот Бог, не искажувајте Му онакво почитување.\n5 Барајте Го Господа, својот Бог, единствено на местото што Тој Самиот го одбра, среде сите ваши племиња, за да го стави таму Своето име и за да престојува таму;\n6 донесувајте ги таму своите паленици и своите закланици, своите десетоци и даровите на своите раце, своите заветни приноси и доброволните приноси и првородените од својот крупен и ситен добиток.\n7 Јадете таму, вие и вашите семејства, пред Господа, својот Бог; веселете се со сè што вашите раце го спечалија и што Господ, вашиот Бог, ви го додели со благослов.\n8 Не правете никако како што ние правиме тука денес - секој што нему му изгледа добро -\n9 зашто уште не стигнавте во Почивалиштето, во наследството што ти го дава Господ, твојот Бог.\n10 Но кога ќе преминете преку Јордан и се населите во земјата што Господ, вашиот Бог, ви ја дава во наследство, кога ќе ве смири од сите непријатели кои ќе бидат околу вас, па ќе живеете без страв,\n11 тогаш ќе донесувате сè што ви наредувам: своите паленици, своите закланици, своите десетоци, даровите на своите раце и сите свои избрани заветни приноси што ќе Му ги заветувате на Господа - на местото кое Господ, вашиот Бог, ќе го одбере за да го настани таму Своето име.\n12 Веселете се тогаш пред Господа, својот Бог, вие, вашите синови и ќерки, вашите слуги и слугинки, и левитот кој ќе биде во вашите градови, зашто тој нема дел со вас ни наследство.\n13 Внимавај да не ги принесуваш своите жртви паленици на било кое место што ќе го забележиш,\n14 туку само на местото што ќе го одбере Господ, во едно од твоите племиња. Таму принесувај ги своите паленици и таму да извршуваш сè што ти наредувам.\n15 Ама секојпат кога срцето ќе ти посака, можеш да заколеш и да јадеш месо во сите свои градови, според благословот што Господ, твојот Бог, ќе ти го дава. И нечистиот и чистиот може да го јаде, како да е од срна или од елен.\n16 Ама крв не јади; излејте ја на земја како вода.\n17 Во своите места на живеење не јадете го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло ни првородените од својот крупен или ситен добиток; ниту нешто од своите заветувани и од своите доброволни приноси, ни од приносите на своите раце,\n18 туку тоа ќе го јадеш пред Господа, својот Бог, во местото кое Господ, твојот Бог, го избере, ти, твојот син, твојата ќерка, твојот слуга, твојата слугинка и левитот кој ќе биде во твоите градови. Провеселете се пред Господа, својот Бог, со сè што твоите раце создале.\n19 Внимавај никогаш да не го заборавиш левитот додека си во својата земја.\n20 Кога Господ, твојот Бог, го прошири твоето подрачје, како што ти рече, и речеш: ‘Јас би јадел месо” - зашто сакаш да јадеш месо - можеш да го јадеш колку што ти сака душата.\n21 Ако местото, што Господ, твојот Бог, го одбра за да го смести во него Своето Име, биде далеку од тебе, тогаш можеш да заколеш што и да било од својот крупен или ситен добиток што Господ ќе ти го даде - како што веќе ти наредив - па да јадеш во кое и да е твое место на живеење колку што ти сака душата.\n22 Сепак јади го онака како што се јаде срна или елен: нека го јадат заедно чистите и нечистите.\n23 Само внимавај да не јадеш крв! Па крвта е живот. Не смееш да го јадеш животот со месото.\n24 Не јади ја; излеј ја на земјата како вода.\n25 Не смееш да ја јадеш, за да ви биде добро и тебе и на твоите синови по тебе, кога ќе го вршиш она што е право во Господовите очи.\n26 Ама своите посветени приноси и своите заветни приноси земи ги и носи ги на местото што Господ ќе го избере.\n27 Тука принеси ги своите паленици, месото и крвта, на жртвеникот на Господа, својот Бог. Ама крвта од своите закланици излеј ја врз жртвеникот на Господа, својот Бог, а месото изеди го.\n28 Пази ги и врши ги сите овие наредби што ти ги пропишувам, за да ви биде добро засекогаш тебе и на твоите синови по тебе, кога ќе правиш што е добро и праведно во очите на Господа, својот Бог.\n29 А кога Господ, твојот Бог, ги истреби народите против кои одиш да ги истераш од сопственоста пред себе, и кога ќе ги истераш па се населиш во нивната земја,\n30 чувај се да не паднеш во стапица; не тргнувај по нив откако ќе бидат уништени пред тебе. Не распрашувај се за нивните богови и не зборувај: ‘Како што оние народи ги почитуваа своите богови, така ќе направам и јас.’\n31 Не постапувај така кон Господа, својот Бог. Па на Господа Му е гнасно и замразено сè она што тие им правеа на своите богови. Зашто ги изгоруваа своите синови и ќерки во чест на своите богови.\n32 Пазете сè што ви наредувам; не додавај му ништо на тоа и не одземај му ништо.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 948, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6566", "title": "Петта книга Мојсеева/ 26 глава", "text": "1 „Кога ќе стигнеш во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, кога ќе ја земеш во сопственост и кога ќе се населиш во неа,\n2 земи малку првини од секој плод, што ќе го добиваш од земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава: стави ги во кошница, отиди во местото што Господ, твојот Бог, ќе го избере за да го настани во него Своето Име.\n3 Пристапи му на свештеникот, кој тогаш ќе ја врши службата, и речи му: ‘Признавам денес пред Господа, својот Бог, дека стигнав во земјата, за која Господ им се заколна на нашите татковци дека ќе ни ја даде.\n4 Потоа свештеникот ќе ја земе кошницата од твојата рака и ќе ја положи пред жртвеникот на Господа, твојот Бог.\n5 Тогаш ти продолжи и кажи пред Господа, својот Бог: ‘Мојот татко беше арамејски скитник, кој со малку деца стигна во Египет за да се засолне. Ама таму стана голем, многуброен и силен народ.\n6 Египетците постапуваа со нас лошо; нè угнетуваа и ни наметнаа тешко ропство.\n7 Извикнувавме кон Господа, кон Бога, на нашите татковци. Господ го чу нашиот извик; ги виде нашиот јад, нашата неволја и нашата мака.\n8 Господ нè изведе од Египет со силна рака и со испружена мишка, со голем страв со знаци и со чудеса.\n9 И нè доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која течат мед и млеко.\n10 И ете, сега, ги донесувам најпрвите плодови од почвата што си ми ја дал, Господи.’ Стави ги пред Господа, својот Бог, и искажи Му почитување.\n11 А тогаш заедно со левитот и со придојденикот, кој ќе биде кај тебе, уживај ги сите добра со кои Господ, твојот Бог, те опсипа тебе и твојот дом.\n12 А кога во третата година - годината на десетоците - го завршиш одделувањето на сите десетоци од своите приходи и им ги дадеш на левитот, на придојденикот, на сирачето и на вдовицата по твоите градови, за да јадат до наситка,\n13 тогаш, пред Господа, својот Бог, изјави: ‘Од дома го отстранив она што беше посветено. Им дадов уште и на левитот, на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, според сите Твои заповеди што си ми ги дал. Не прекршив и не заборавив ниедна Твоја заповед.\n14 Ништо не јадев од тоа при жалост; ништо не жртвував од тоа во нечистота, ниту му дадов нешто од тоа на мртовецот; го слушав гласот на Господа, својот Бог; во сè направив како што ми нареди.\n15 Погледај од небесата, од Своето Свето Живеалиште, и благослови го својот Израелски народ и земјата која ни ја даде, земјата во која течат мед и млеко - како што им се заколна на нашите татковци.’”\n16 „Господ, твојот Бог, ти заповеда денес да ги вршиш овие закони и одредби. Пази ги, и така, и исполнувај ги со сето свое срце и со сета своја душа.\n17 Денес се договори со Господа дека Тој ќе ти биде Бог, а ти дека ќе одиш по Неговите патишта, дека ќе ги пазиш Неговите закони, Неговите заповеди и Неговите одредби, и дека ќе го слушаш Неговиот глас.\n18 Денес Господ се договори со тебе дека ти ќе бидеш Негов народ, Неговата премила сопственост, како што ти ветил, и дека ќе ги пазиш сите Негови заповеди.\n19 Тој ќе те возвиши со чест, со име и со слава над сите народи што ги создал; и ти ќе бидеш народ посветен на Господа, својот Бог, како што ти рече.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_26_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 583, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6540", "title": "Петта книга Мојсеева/ 13 глава", "text": "1 „Ако во твојата средина се појави некаков пророк или човек со гледање во соништа, па ти изнесе некаков знак или чудо;\n2 и тој знак или чудо, за кое ти зборувал, се исполни, и тогаш тој ти рече: ‘Да тргнеме сега по други богови, кои досега не ги познаваше, и ним да им искажуваме почитување,’\n3 не слушај ги зборовите на тој пророк ни соништата на тој сонувач: па тоа ве искушува Господ, вашиот Бог; сака да дознае дали навистина Го љубите Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.\n4 Одете само по Господа, својот Бог; бојте се од Него; вршете ги Неговите заповеди; слушајте го Неговиот глас, служете Му; прилепете се кон Него.\n5 А оној пророк или соновидец нека биде погубен, зашто поттикнуваше на отпаѓање од Господа, од вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја и ве откупи од куќата на ропството. Оној сакаше да те заведе од патот по кој Господ, твојот Бог, ти нареди да одиш. Така треба да го откорнеш злото од својата средина.”\n6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,\n7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,\n8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,\n9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.\n10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.\n11 Кога ќе го чуе тоа, целиот Израел ќе се наполни со страв, па веќе не ќе прави такво зло во твојата средина.”\n12 „Ако во твојот град, што Господ, твојот Бог, ќе ти го даде да се населиш во него, чуеш како зборуваат:\n13 ‘Се појавија лоши луѓе во твојата средина и ги заведоа жителите на својот град, кажувајќи: „Ајде да им служиме на други богови!” - што вие инаку не ги познавате’ -\n14 тогаш добро истражи, распрашај се и темелно извиди. Ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во твојата средина,\n15 тогаш исечи ги со остар меч жителите на тој град, предај ги на проклетство него и сите што се во него и неговиот добиток.\n16 Потоа собери го сиот плен среде плоштадот па изгори го градот со сиот плен како паленица за Господа, својот Бог. Нека остане засекогаш урнатина, и веќе никогаш нека не се соѕидува.\n17 Од она што беше предадено на проклетство нека ништо не се прилепи за твојата рака, за да се откаже Господ од жестокоста на Својот гнев; за да ти искаже милосрдие, да ти се смилува и да те размножи, како што им се заколна на твоите татковци,\n18 ако ти го слушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги сите Негови заповеди, што ти ги наредувам денес, и вршејќи што е право во очите на Господа, твојот Бог.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 555, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6568", "title": "Петта книга Мојсеева/ 27 глава", "text": "1 Потоа Мојсеј и израелските старешини му наложија на народот: „Вршете ги сите заповеди што ви ги наредувам денес.\n2 Во оној ден кога ќе преминете преку Јордан во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, подигни си големи камења, варосај ги со вар\n3 и напиши ги врз нив сите зборови на овој Закон во мигот кога ќе влегуваш во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, во земјата во која течат мед и млеко, како што им рече Господ Бог на твоите татковци.\n4 И така, кога ќе поминеш преку Јордан, тогаш тоа камење, како што ти заповедам денес, подигни го на гората Евал, и варосај го со вар.\n5 Таму изгради Му и жртвеник на Господа, својот Бог - жртвеник од камења, врз кои не си спуштил железо.\n6 Жртвеникот на Господа, својот Бог, изгради го од неделкани камења. На него принесувај Му паленици на Господа, својот Бог.\n7 Принесувај и помирителни жртви и јади ги таму, радувајќи се пред Господа, својот Бог.\n8 Напиши ги на тие камења сите зборови на овој Закон: врежи ги добро.”\n9 Потоа Мојсеј и левитските свештеници му рекоа на сиот Израел: „Внимавај, Израеле, и слушај! Денес стана народ на Господа, својот Бог.\n10 Затоа слушај го гласот на Господа, својот Бог, и извршувај ги Неговите заповеди и Неговите закони, што ти ги заповедам денес.”\n11 Во оној ден Мојсеј му нареди на народот:\n12 „Кога ќе поминете преку Јордан, овие племиња: Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Јосиф и Венијамин, нека застанат на гората Гаризим за да го благословуваат народот.\n13 А овие: Рувим, Гад, Асир, Завулон, Дан и Нефталим нека застанат на гората Евал за да проколнуваат.\n14 Тогаш левитите нека го преземат зборот и нека им речат со силен глас на сите Израелци:\n15 ‘Проклет да биде кој ќе направи леан или делкан лик - гнасна работа пред Господа, дело на ракотворец, па иако го стави на скришно место.’ И сиот народ нека одговори: ‘Амин!’\n16 ‘Проклет да биде, кој ги навредува татка си и мајка си!’ И сиот народ да рече: ‘Амин!’\n17 ‘Проклет да биде кој ќе го помести меѓникот на соседот!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n18 ‘Проклет да биде, кој ќе го заведе слепецот од патот!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n19 ‘Проклет да биде, кој би им ја извртел правдата на придојденик сирачето или вдовицата!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n20 ‘Проклет да биде, кој ќе легне со жената на својот татко, зашто ја откри покривката на татака си!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n21 ‘Проклет да биде, кој ќе легне со какво и да е животно!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n22 ‘Проклет да биде, кој ќе легне со својата сестра, било да е таа ќерка на неговиот татко или ќерка на неговата мајка.’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n23 ‘Проклет да биде кој ќе легне со својата тешта!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n24 ‘Проклет да биде, кој ќе го убие потајно својот ближен!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n25 ‘Проклет да биде, кој ќе прими поткуп за да му донесе смрт на невиниот!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’\n26 ‘Проклет да биде, кој не ќе ги пази зборовите на овој закон, да ги врши!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_27_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 552, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6558", "title": "Петта книга Мојсеева/ 22 глава", "text": "1 „Кога ќе видиш дека скита вол или овца на твојот брат, не поминувај покрај нив, туку отерај ги при својот брат.\n2 Ако твојот брат не е близу, или не го знаеш, дотерај ги во својата куќа, па нека останат кај тебе додека твојот брат не дојде по нив. Тогаш врати му ги.\n3 Така прави со неговото осле, и со неговата наметка, и со сè што ќе изгуби твојот брат, а ти ќе го најдеш. Не ти е дозволено да поминуваш покрај неговото.\n4 Кога забележиш дека ослето на твојот брат или неговиот вол паднале на патот, не отстранувај се, но помогни му да ги дигне.”\n5 „Жената не смее да става врз себе машка облека, а мажот не смее да се облекува во женски облеки. Кој го прави тоа, одвратен Му е на Господа, својот Бог.\n6 Ако патем наидеш на птичјо гнездо, со птиченца или со јајца, на дрво или на земјата, а мајката лежи врз птиченцата или на јајцата, не земај ја мајката со пилињата:\n7 пушти ја мајката на слобода, а земи ги пилињата. Така ќе имаш среќа и долг живот.\n8 Кога градиш нова куќа, направи ограда на покривот, за да не ја извалкаш со крв својата куќа, кога некој би паднал од неа.\n9 Не сеј разни семиња во своето лозје, за да не биде изгубен целиот едногодишен приход; и плодот на семето и родот на лозјето.\n10 Не впрегнувај во плуг заедно вол и осле.\n11 Не облекувај се во ткаенина исткана заедно од волна и лен.\n12 Направи реси на четирите краишта на наметката со која се наметнуваш.”\n13 Ако некој маж земе жена и влезе при неа, но ја замрази потоа,\n14 и припише неубавини и ја озлогласи, велејќи: ‘Се оженив со неа ама кога и пристапив, не ги најдов во неа знаците на девственоста’,\n15 тогаш таткото и мајката на девојката нека го земат доказот на девственоста на девојката, па нека го изнесат пред градските старешини при вратата.\n16 Потоа таткото на девојката нека им проговори на градските старешини: ‘На овој човек му ја дадов ќерка си за жена, ама ја замрази.\n17 Затоа и припишува сè што е грдо и тврди: „Не ги најдов во твојата ќерка белезите на девственоста.” Но еве ги девствените знаци на мојата ќерка!’ И нека ја распрострат облеката пред градските старешини.\n18 Тогаш старешините на оној град нека го земат мажот и нека го казнат;\n19 затоа што раширил лош глас за една израелска девица, нека го казнат со глоба од стотина сребреници па нека му ги дадат на таткото на младата жена. И таа нека му биде и натаму жена, да не може да ја отпушти додека е жив.”\n20 „Но ако обвинението - дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина,\n21 нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.\n22 Ако некој маж биде најден како лежи со жена мажена за друг, двата - и мажот кој лежеше со жената и самата жена - нека бидат погубени. Така ќе го откорнеш злото од Израел.\n23 Ако млада девица, верена за некого во градот, ја сретне друг човек и легне со неа,\n24 доведете ги двата при вратата на тој град па ги опсипувајте со камења додека не умрат: девојката зашто не викаше помош од градот, а мажот дека ја оскверни жената на својот ближен. Така ќе го откорнеш злото од својата средина.\n25 Ако маж наиде во полето на свршена девојка и легне насила со неа, тогаш нека биде погубен само тој што легнал со неа;\n26 а на девојката не и прави ништо: нема на неа вина со која би заслужувала смрт. Зашто тоа е како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие.\n27 Тој ја затекна во полето; и ако свршената девојка викаше, немало никој да и прискокне на помош.\n28 Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело,\n29 тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.\n30 Нека никој не се жени со жената на својот татко и нека не ја открива татковата покривка.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_22_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 752, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6572", "title": "Петта книга Мојсеева/ 29 глава", "text": "1 Тоа се зборовите на Заветот што Господ му го пропиша на Мојсеја за да го склучи со Израелците во Моавската Земја, освен Заветот што го склучи со нив на Хорив.\n2 Мојсеј го свика сиот Израел па им рече: „Видовте пред свои очи, сè што им стори Господ, во Египетската Земја, на фараонот, на сите негови службеници и на целата негова земја:\n3 големите искушенија што ги видоа твоите очи, силните знаци и чудеса!\n4 Ама Господ не ви даде до денес разум за да сфатите, очи за да гледате, ни уши за да слушате.\n5 Ве водев низ пустината четириесет години; облеката на вас не се искина ниту обувките на вашите нозе се скинаа.\n6 Леб не јадовте; вино ни друг опоен пијалак не пиевте, за да би сте знаеле дека Јас Сум Господ, ваш Бог.\n7 Кога стигнавте на ова место, Сихон, царот есевонски, и Ог, царот васански, излегоа пред нас на бој, ама ги поразивме.\n8 Ја зазедовме нивната земја па им ја дадовме во наследство на Рувимовците, Гадовците и на половината од Манасиевото племе.\n9 Пазете ги и вршете ги зборовите на овој Завет, за да успевате во сè што ќе преземете.\n10 Денес сите стоите пред Господа, својот Бог, вашите племенски главатари, вашите старешини и вашите надгледувачи, сите Израелеви мажи,\n11 вашите деца, вашите жени, и придојденикот, кој е во твојот логор - од оној, кој ти сече дрва до оној, кој ти носи вода -\n12 за да стапите во Завет со Господа, својот Бог, во Завет, потврден со заклетва, што Господ, твојот Бог, го склучува денес со тебе,\n13 за да направи денес од тебе Свој народ, и Тој да ти биде Бог, како што ти рече и како што им се заколна на твоите татковци: на Авраама, Исака и Јакова.\n14 И не го склучувам денес овој Завет со заклетва само со вас,\n15 туку и со секој, кој стои денес тука со нас пред Господа, нашиот Бог, и со секој, кој не е денес тука со нас.”\n16 „Самите знаете како престојувавме во Египетската Земја и како поминавме среде народите низ кои требаше да пропатуваме.\n17 Ги видовме: нивните расипаности, нивните идоли од дрво и камен, од сребро и злато, што ги имаа.\n18 Нека нема меѓу вас маж ни жена, род ни племе, чие срце би се одвратило од Господа, нашиот Бог, па да оди и да им служи на боговите на оние народи. Нека нема меѓу вас корен што ќе раѓа отров и пелин.\n19 Нека никој, откако ќе ги чуе зборовите на ова проклетство, не се надева на благослов, велејќи во своето срце: ‘Без оглед на тоа, ќе бидам среќен, дека ќе можам да одам според жестокоста на моето срце.’ Тоа би го погубило ситиот заедно со гладниот.\n20 На таквиот, Господ никогаш нема да му прости, туку Господовиот гнев и јарост ќе се излеат врз тој човек, така што секое проклетство, запишано во таа книга, ќе падне на него, па Господ ќе го избрише неговото име под небото.\n21 Според сите проклетства на Заветов, запишани во книжниот свиток на овој Закон, Господ ќе го отстрани, за негова пропаст, од сите израелски племиња.\n22 Идното поколение, вашите синови по вас, и странците кои ќе дојдат од далечни земји, кога ќе ги видат лошотиите на оваа земја и болестите, што Господ ќе ги пушти на неа, ќе речат:\n23 ‘Сета негова земја е само сулфур и сол; ниту се сее нешто ниту никнува нешто; никаква тревка не расте на неа; еднаква е на разурнатиот Содом и Гомор, Адма и Севоим, што Господ ги разурна во Својата лутина и гнев.’\n24 И сите народи ќе се прашуваат: ‘Зошто Господ и направи вака на оваа земја? Каква ли беше жестокоста на тој силен гнев?’\n25 Тогаш ќе им се рече: ‘Зашто го оставија Заветот што Господ, Бог на нивните татковци, го склучи со нив кога ги изведе од Египетската Земја;\n26 и бидејќи отидоа да им служат на други богови и им се клањаа ним, на боговите кои не ги познаваа и кои Тој не им ги одреди.\n27 Затоа Господовиот гнев се излеа на оваа земја, и на неа падна сето проклетство запишано во овој книжен свиток.\n28 Господ ги откорна од нивната земја во лутина, во расрденост и во голем гнев, па ги фрли во друга земја. Така е и денес.’\n29 Што е скриено, Му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а објавата нам и на нашите синови засекогаш, за да ги вршиме зборовите на овој Закон.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_29_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 752, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6587", "title": "Книга на Исус Невин/ 1 глава", "text": "1 По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник:\n2 „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови.\n3 Секое место на кое ќе стапне вашата нога ви го давам, како што му ветив на Мојсеја.\n4 Од пустината и од Ливан па до Големата Река, реката Еуфрат, целата земја на Хетејците, и сè до Големото Море на сончевиот запад - сè тоа ќе биде ваше подрачје.\n5 Никој не ќе одолее пред тебе во сите дни на твојот живот; јас ќе бидам со тебе како што бев со Мојсеја, и никогаш нема да те напуштам ниту ќе те оставам.\n6 Биди одлучен и храбар, зашто ти ќе го воведеш овој народ за да ја прими во наследство земјата за која им се заколнав на нивните татковци дека ќе им ја дадам.\n7 Само биди одлучен и храбар за да направиш сè верно според наредбите што ти ги даде Мојсеј, Мојот слуга. Не свртувај од тоа ни десно ни лево, за да ти биде среќно сè што ќе преземеш.\n8 Книжниот свиток на Законот нека биде на твојата уста: размислувај за него дење и ноќе, за да пазиш верно сè што е напишано во него: само тогаш ќе бидеш среќен и ќе успееш во потфатите. Нели ти заповедав:\n9 биди силен и биди храбар? „Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.”\n10 Тогаш Исус им заповеда на народните главатари:\n11 ”Поминете низ логорот и разгласете му ја на народот оваа заповед: ‘Пригответе си храна, зашто по три дни ќе преминете преку Јордан, за да ја примите во сопственост земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава во наследство.’”\n12 Потоа Исус им рече на племето Рувимово и Гадово и на половина Манасиево племе:\n13 ”Сетете се за она што ви нареди Мојсеј, Господовиот слуга, кога ви рече: ‘Господ, вашиот Бог, сака да се одморите, и ви ја дава оваа земја.’\n14 Вашите жени, деца и стада можат да останат во земјата, која ви ја даде Мојсеј од онаа страна на Јордан. Вие пак воините, спремни за бој, треба да тргнете вооружени пред своите браќа за да им помогнете,\n15 сè додека Господ не им даде починка и на вашите браќа, како и вам, и додека не ја освојат земјата, што им ја дава Господ, вашиот Бог. Тогаш ќе можете да се вратите во земјата што ви припаѓа и што ви ја даде Господовиот слуга Мојсеј, на другата страна на Јордан, кон изгрејсонцето.”\n16 Тие му одговорија на Исуса: „Сè што ќе ни заповедаш, ќе направиме, и каде и да нè пратиш, ќе тргнеме.\n17 Како што го слушавме Мојсеја, така ќе ти се покоруваме и тебе. Само Господ, твојот Бог, нека биде со тебе, како што беше со Мојсеја!\n18 Секој кој ќе им се спротиви на твоите заповеди и не ги послуша твоите зборови во сè што ќе му наредиш, нека биде погубен. Само ти биди решителен и храбар!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_1_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 520, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6574", "title": "Петта книга Мојсеева/ 30 глава", "text": "1 „Кога сите овие зборови, благословот и проклетството што денес ги ставам пред тебе, те снајдат, а ти ги земеш при срце среде сите народи меѓу кои Господ, твојот Бог, ќе те протера,\n2 и се обрнеш кон Господа, својот Бог, и го послушаш - и ти и твоите синови - Неговиот глас од сето свое срце и од сета своја душа во сè што денес ти наредив,\n3 тогаш Господ, твојот Бог, ќе ги врати твоите заробеници; ќе се смилува на тебе и пак ќе те собере од сите народи меѓу кои те протерал Господ, твојот Бог.\n4 И до крајот на небесата ако бидеш отфрлен, Господ твојот Бог ќе те собере оттаму, и ќе те земе оттаму.\n5 Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата, која ја имаа во сопственост твоите татковци, за да ја завладееш ти; ќе те направам посреќен и поброен од твоите татковци.\n6 Господ, твојот Бог, ќе го обреже твоето срце, срцето на твоето потомство, така што ќе го љубиш Господа, својот Бог, од сето свое срце и од сета своја душа, па да живееш.\n7 Господ, твојот Бог, ќе ги наведе сите овие проклетства на твоите непријатели, на твоите мразители, кои те гонеа.\n8 А ти наново ќе го слушаш Господовиот глас и ќе ги вршиш сите Негови заповеди, што денес ти ги давам.\n9 Господ, твојот Бог, ќе те наградува изобилно во секој потфат на твоите раце, во плодот на твојата утроба, во плодот на твојот добиток, и во родот на твојата плодна почва; зашто Господ ќе се радува пак над твоето добро, како што се радуваше над доброто на твоите татковци,\n10 кога ќе го послушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги Неговите заповеди и Неговите наредби запишани во книжен свиток на овој Закон, односно кога ќе му се обрнеш на Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.”\n11 „Оваа заповед, што ти ја давам денес, не е длабока за тебе ниту е предалеку од тебе.\n12 Не е на небесата, за да би рекол: ‘Кој ќе се искачи за нас на небесата, па да ни ја објави за да ја вршиме.’\n13 Не е ни преку море, за да би можел да речеш: ‘Кој ќе тргне за нас преку море, за да ни ја донесе и да ни ја објави па да ја вршиме!’\n14 Зашто, заповедта е сосем близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце, за да ја извршуваш.”\n15 „Гледај! Денес ставам пред тебе: живот и среќа, смрт и несреќа.\n16 Ако ги послушаш заповедите на Господа, својот Бог, кои ти ги давам денес - ако ги послушаш љубејќи Го Господа, својот Бог, одејќи по неговите патишта, вршејќи ги Неговите заповеди, Неговите закони и Неговите уредби, ќе живееш и Господ, твојот Бог, ќе те размножи и ќе те благослови во земјата во која влегуваш за да ја земеш во сопственост.\n17 Ама ако твоето срце се одврати и не послушаш, туку тргнеш по заблуда и се клањаш на други богови и ним им служиш,\n18 Јас ви изјавувам денес дека навистина ќе пропаднете; не ќе живеете долго на земјата во која, откако ќе поминете преку Јордан, ќе влезете за да ја земете во сопственост.\n19 Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата дека пред вас ставам: живот и смрт, благослов и проклетство. И така, избери го животот,\n20 љубејки Го Господа, својот Бог, за да живееш ти и твоето потомство. Па Тој е твојот живот, твојот долг век, за да можеш да престојуваш мирно во земјата за која Господ им се заколна на твоите татковци Авраама, Исака и Јакова дека ќе им ја даде.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_30_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 611, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6580", "title": "Петта книга Мојсеева/ 33 глава", "text": "1 Ова е благослов со кој Мојсеј - Божјиот човек - ги благослови Израелевите синови пред својата смрт.\n2 Тој рече: „Господ дојде од Синај, се покажа на Сир и заблеска од гората Фаран. Заради нив дојде со десетици илјади свети, десно од Него е огнот на Законот.\n3 Сепак Ти ги љубиш народите, сите нивни свети се во Твојата рака. Припаднаа пред Твоите нозе, одеа предводени од Тебе.\n4 Мојсеј ни го одреди Законот. Јакововиот собор му стана Негово наследство;\n5 и беше цар во Есурун кога се собраа народните главатари, кога се соединија Јакововите племиња.\n6 Нека живее Рувим и никогаш нека не изумре, нека не биде малуброен!”\n7 Еве што рече за Јуда: „Послушај го, Господи, Јудиниот глас и приведи го кон неговиот народ. Неговите раце нека го бранат правото, помогни му против неговите непријатели.”\n8 За Левиј рече: „Дај му ги на Левиј Твоите Урими и Твоите Тумими на човекот на милоста Своја, кого го испита во Маса, со кого се препираше при Меривските Води.\n9 За својот татко и за мајката тој рече: ‘Не ги видов!’ Не ги познава своите браќа, ниту се обрнува на своите деца, зашто тој го исполнуваше и го пазеше Твојот Завет.\n10 Тој го учи Јакова на Твоите одредби и Израел на Твојот Закон. Тој става темјан пред Тебе и Ти положува паленица на жртвеникот.\n11 О Господи, благослови му ја силата, прими го милостиво делото на неговите раце. Скрши ги бедрата на неговите непријатели; неговите мразачи веќе нека не станат.”\n12 За Венијамин рече: „Тој е Господов љубимец и секогаш почива во мир. Сèвишниот го штити во сите негови денови, живее меѓу Неговите рамена.”\n13 За Јосифа рече: „Господ му ја благослови земјата; неговото е најдобро од она што го дава небеската роса и што се крие долу во бездните!\n14 Најдоброто од она што го дава сонцето и што носи младата месечина,\n15 првините од древните планини и најдоброто од вечните брегови,\n16 најдобриот род на земјата и сè што е на неа, и милоста на Оној, Кој се јави во капината. Сè тоа нека дојде на Јосифовата глава, на темето посветено меѓу сите браќа!\n17 Тој е величествен како првенецот на јунецот, роговите му се биволски рогови, со нив тој ги боде народите сè до земните краишта. Такви се мноштвата на Ефрем, такви се илјадниците на Манасиј.”\n18 За Завулон рече: „Среќен да си, Завулоне, во походите, и ти, Исахаре, во своите шатори!\n19 На гората каде доаѓаат повиканите народи, тие принесуваат законска жртва, зашто копнеат за богатството на морето и за сокровиштата скриени во песокот.”\n20 За Гад рече: „Нека биде благословен кој ќе го рашири Гад! Тој почива како лавица, откако ја раскина мишката и главата.\n21 Тогаш си ги додели првините за себе зашто забележа дека му е запазен главатарскиот дел. Тој дојде на челото на својот народ ја изврши Господовата правда и Неговите одлуки со Израел.”\n22 За Дан рече: „Дан е лавче што скока од Васан.”\n23 За Нефталим рече: „Нефталим, заситен со милости, исполнет со Господовиот благослов: морето и југот се негова сопственост.”\n24 За Асир рече: „Благословен да е Асир меѓу синовите! Нека биде воздигнат меѓу своите браќа, и нека ги натопува своите нозе во масло!\n25 Нека ти бидат обувките од железо и бронза, и мирот нека ти трае колку и животот!”\n26 „Никој не е како Есуруновиот Бог: Кој се пронесува на помош по небесата и по облаците во Своето величество!\n27 Вечниот Бог е твое засолниште, и под тебе се вечните мишки, ги гони непријателите пред тебе; Тој извикнува: ‘уништи!’\n28 Израел живее во безопасност, а Јаковиот извор во земјата на житото и виното, каде небесата дождат со роса.\n29 Блазе ти, Израелу! Кој народ Господ го заштитува како тебе? Тој е твој штит и твој славодобивачки меч, непријателите ќе ти се покорат, и ти ќе им газиш по високите места.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_33_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 647, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6575", "title": "Петта книга Мојсеева/ 31 глава", "text": "1 Мојсеј дојде да му ги упати овие зборови на целиот Израел:\n2 „Мене ми се денес сто и дваесет години - им рече - не можам веќе да влегувам и да излегувам. А Господ ми рече: ‘Не ќе поминеш преку овој Јордан!’\n3 Самиот Господ, твојот Бог, ќе премине пред тебе; Тој ќе ги порази пред тебе оние народи, за да ги истерате од земјата. Исус ќе врви пред тебе, како што рече Господ.\n4 Господ ќе постапи со нив како што постапи со Сион и Ог, аморејски цареви, и со нивната земја кога ги уништи.\n5 Господ ќе ги положи пред вас, а вие ќе постапувате со нив според сите наредби, што ви ги дадов.\n6 Охрабрете се и бидете одлучни! Не бојте се и не плашете се од нив! Та Самиот Господ, твојот Бог, доаѓа со тебе; не ќе те напушти ниту ќе те остави.”\n7 Тогаш Мојсеј го повика Исуса па му рече пред сиот Израел: „Охрабри се и биди одлучен! Зашто ти ќе одиш со овој народ во земјата за која Господ им се заколна на нивните татковци, дека ќе им ја даде; ти ќе им ја разделиш во наследство.\n8 Самиот Господ врви пред тебе; Тој ќе биде со тебе; не ќе те испушти ниту ќе те остави. Не бој се и не трепери!”\n9 Мојсеј го напиша овој Закон и им го предаде на свештениците, Левиевите синови, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, и на сите Израелски старешини.\n10 Мојсеј им нареди: „Во секоја седма година - година прошка - на Празникот на шаторите,\n11 кога сиот Израел ќе дојде да го види лицето на Господа, твојот Бог, на местото што Тој ќе го избере, прочитај го овој Закон во присуство на целиот Израел.\n12 Собери го народот - луѓето, жените, децата и придојденикот кој ќе биде во твоите градови - за да чујат и за да се бојат од Господа, вашиот Бог, па да ги пазат и да ги вршат сите зборови на овој Закон.\n13 Нивните синови, кои уште не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се бојат од Господа, вашиот Бог, за сето време додека ќе живеете во земјата што ќе ја земете во сопственост, откако ќе поминете преку Јордан.”\n14 Господ му рече на Мојсеја: „Еве наближува времето на твојата смрт. Викни го Исуса, и најдете се во Шаторот на средбата, за да му дадам заповеди.” Мојсеј и Исус дојдоа во Шаторот на средбата.\n15 Господ се покажа во столб од облак во Шаторот. Облачниот столб стоеше на влезот во Шаторот.\n16 Господ му рече на Мојсеја: „Еве наскоро ќе починеш со своите татковци. А овој народ ќе стане да прави блуд, одејќи по туѓи богови на оваа земја во која ќе влезе скоро; ќе Ме напушти Мене и ќе го прекрши Мојот Завет што го склучив со нив.\n17 И тогаш Мојот гнев ќе се излее на него. Тогаш ќе ги оставам и ќе го скријам Своето лице од нив, за да бидат голтани. Ќе ги снајдат многу зла и неволји, и тогаш ќе речат: ‘Зар не ме наоѓаат овие неволји заради тоа што мојот Бог не е во мојата средина?’\n18 А Јас ќе го скријам сосем Своето лице во тој ден заради сето зло што ќе го прават, завртувајќи се кон други богови.\n19 Напишете си ја сега оваа песна. Израелците нека ја научат! Стави ја во нивната уста, за да ми биде оваа песна сведок против Израелевите синови.\n20 Кога ќе ги доведам во земјата во која течат мед и млеко, и за која им се заколнав на нивните татковци, и кога ќе се најадат, кога ќе се наситат, кога ќе се згојат, тие ќе се завртат кон други богови, и ним ќе им служат, Мене ќе Ме презрат и ќе го прекршат Мојот Завет.\n21 А кога ќе ги најдат многу несреќи и неволји - оваа песна - зашто нивното потомство никогаш нема да ја заборави, ќе даде сведоштво против нив. Зашто Јас ги знам нивните мисли, и што смислуваат веќе денес, пред да ги воведам во земјата, што им ја ветив со Заклетва.”\n22 Во тој ден Мојсеј ја напиша оваа песна, и ги научи Израелците на песната.\n23 Му наложи на Навиновиот син Исус: „Охрабри се и биди одлучен! Зашто ти ќе ги воведеш Израелевите синови во земјата за која им се заколнав. И Јас ќе бидам со тебе.”\n24 Кога Мојсеј ги напиша зборовите на овој Закон во книжен свиток,\n25 тогаш им нареди на левитите, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет:\n26 „Земете го книжниот свиток на овој Закон и положете го во Ковчегот на Господовиот Завет. Таму нека биде сведок против тебе!\n27 Та јас ги знам твојата бунтовност и твојот корав врат. Еве и денес, додека уште живеам со вас, се буните против Господа. А како не ќе се буните кога ќе умрам!\n28 Соберете ги при мене сите старешини на своите племиња и своите надгледувачи, за да ги речам овие зборови во нивните уши па да ги земам за сведоци против нив небото и земјата.\n29 Зашто знам дека по мојата смрт ќе се изопачите и ќе се отклоните од патот, што ви го одредив; несреќа ќе ве најде во идните времиња, коѓа ќе правите што Му е немило на Господа, и кога ќе Го разгневувате со делата на своите раце.”\n30 А тогаш, на ушите на целата израелска заедница, Мојсеј ги изговори до крај зборовите на оваа песна:\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_31_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 905, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6591", "title": "Книга на Исус Невин/ 3 глава", "text": "1 Исус подрани и со сите Израелеви синови тргна од Ситим. И стигнаа до Јордан па таму, пред преминувањето, преноќија.\n2 По три дни старешините поминаа низ логорот и му заповедаа на народот:\n3 ”Штом ќе ги видите Ковчегот на Заветот на Господа, вашиот Бог, и свештениците левити кои го носат, тргнете сите од своето место и појдете по нив.\n4 Така ќе го знаете патот по кој треба да одите, зашто по тој пат уште никогаш не сте оделе. Ама меѓу вас и Ковчегот нека има растојание од две илјади лакти. И да не му се приближите.”\n5 А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.”\n6 А на свештениците Исус им заповеда: „Кренете го Ковчегот на Заветот и носете го пред народот.” И го кренаа Ковчегот на Заветот и го понесоа пред народот.\n7 Господ му рече на Исуса: „Денес почнувам да те возвишувам пред очите на сиот Израел, нека знаат дека сум со тебе, како што бев со Мојсеја.\n8 Ти пак заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот: ‘Кога ќе стигнете до јорданските води, застанете во самиот Јордан.’”\n9 Тогаш Исус им рече на Израелците: „Пристапете и чујте ги зборовите на Господа, својот Бог.”\n10 И Исус рече: „По ова ќе сознаете дека е меѓу вас живиот Бог: Тој ќе ги гони пред вас Ханаанците, Хетејците, Евејците, Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Евусејците.\n11 Еве, Ковчегот на Заветот на Господарот на целата земја ќе тргне пред вас преку Јордан.\n12 Изберете веднаш дванаесет луѓе од Израелевите племиња, по еден од секое племе.\n13 Штом стапалата на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот, на Господарот на целата земја, ќе стапат во Јордан, водата на Јордан ќе се раздели, и онаа што тече одозгора ќе застане како насип.”\n14 Кога народот тргна од своите шатори за да премине преку Јордан, свештениците го понесоа Ковчегот на Заветот пред нив.\n15 А кога носителите на Ковчегот стигнаа до Јордан и кога свештениците, кои го носеа Ковчегот, загазија во водата на брегот - а беше време на жетва кога Јордан се прелева преку своите брегови -\n16 водата што течеше одозгора далеку, како насип, застана кај градот Адам, што се наоѓа покрај Заретан; а водата што истечуваше долу во Арабјанското или Соленото Море сосем истече, и народот поминуваше спроти Ерихон.\n17 Свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, стоеја на суво среде Јордан, и Израел поминуваше по суво, сè додека сиот народ не помина преку реката.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 422, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6562", "title": "Петта книга Мојсеева/ 24 глава", "text": "1 „Кога некој ќе земе жена и ќе постапи со неа како маж, а потоа открие на неа нешто неубаво, па таа веќе не наоѓа милост во неговите очи, и тој и напишува разводно писмо, и го дава во раката и ја истерува од својата куќа.\n2 А таа откако ќе излезе од неговата куќа, отишла и се омажила за друг маж,\n3 па му стана замразена и на тој втор, па и тој и напишува отпусно писмо, и го дава и ја истерува од својата куќа - или ако умре тој што ја зел втор\n4 тогаш, бидејќи така се онечистила, не може пак да ја земе оној прв маж, кој ја беше отпуштил. Тоа би било одвратно пред Господа, и не смееш да ја вовлекуваш во грев земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.\n5 Ако некој штотуку се оженил, нека не оди во војската; нека не му се доделува никаква служба, туку ослободен, нека остане дома една година, за да ја развеселува жената што ја довел.\n6 Нека не се зема во залог мелница, ни горниот ни долниот дел; па со тоа би бил земен во залог самиот живот.\n7 Ако се најде некој да грабне некого од своите браќа Израелци па постапува со него како со роб или ако го продаде, тој грабнувач нека биде погубен! Така ќе го откорнеш злото од својата средина.\n8 Ако се појави лепрата, внимавај да пазиш и вршиш грижливо сè она што ќе ве поучат левитските свештеници. Пазете и вршете го тоа што им наредувам ним.\n9 Спомнувај си што и стори Господ, твојот Бог, на Маријам на патот, кога излеговте од Египет.\n10 Кога на својот ближен му даваш каков и да е заем, не влегувај во неговата куќа за да му земеш залог.\n11 Стој надвор, а човекот кому си му дал заем нека ти го изнесе залогот надвор.\n12 А ако е тој сиромав, не легнувај со неговиот залог;\n13 при зајдисонце треба да му го вратиш залогот, за да може тој да спие во својата наметка и да те благословува тебе. Тоа ќе ти биде добро дело пред Господа, твојот Бог.\n14 Не го онеправдувај јадниот и бедниот наемник, било да е тој твој сонародник или придојденик од некој град во твојата земја.\n15 Секој ден давај му ја заработката пред зајдисонце, зашто е беден и воздивнува по неа. Така не ќе извика против тебе кон Господа, и не ќе согреши.\n16 Нека не се осудуваат на смрт татковците заради синовите ниту синовите заради татковците; нека секој гине заради својот грев.\n17 Не ја извртувај правдата на придојденикот ни на сирачето, и не земај ја во залог облеката на вдовицата.\n18 Спомни си дека беше робје во Египет, и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, затоа ти налагам да ја вршиш оваа заповед.\n19 Кога жниеш жито на својата нива па заборавиш некој сноп на нивата, не се враќај по него; нека остане на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во секој потфат на твоите раце.\n20 Кога еднаш ќе ги исчукаш своите маслинки, не пребарувај веќе зад себе; нека им остане тоа на туѓинецот, на сирачето и на вдовицата.\n21 Кога ќе го обереш своето лозје, не дособерувај го зад себе; нека им биде тоа на придојденикот, на сирачето и на вдовицата.\n22 Спомни си како беше роб во Египетската Земја; затоа ти заповедам да ја вршиш оваа повелба.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_24_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 579, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6589", "title": "Книга на Исус Невин/ 2 глава", "text": "1 Исус, синот Навинов, испрати потајно од Ситим двајца согледувачи со налог: „Одите, извидете го подрачјето, особено Ерихон.” Тие отидоа и стигнаа во куќата на блудницата, која се викаше Рава, и преноќеваа таму.\n2 Тоа му беше соопштено на ерихонскиот цар: „Еве, стигнаа ноќеска ваму некои луѓе од Израелевите синови за да ја извидат земјата.”\n3 Тогаш ерихонскиот цар и порача на Рава: „Изведи ги луѓето, кои дојдоа кај тебе, кои влегоа во твојот дом, зашто дојдоа да ја согледуваат оваа земја.”\n4 Ама жената ги зеде оние двајца луѓе, ги скри и рече: „Вистина, тие луѓе дојдоа кај мене, ама јас не знаев од каде се.\n5 Кога во примрак беа затворувани градските врати, тие си отидоа, и јас не знам каде тргнаа. Побрзајте по нив, зашто уште можете да ги стигнете.”\n6 А таа ги беше извела на покривот и ги скрила под нетриениот лен, што го имаше распрострено таму.\n7 И луѓето поитаа во потера по нив, кон Јордан, сè до бродот преку реката; а кога потерата излезе, градската врата се затвори зад нив.\n8 Додека тие горе уште не беа заспани, Рава се качи кај нив на покривот\n9 и им рече: „Знам дека Господ ви ја даде оваа земја, зашто сите нас нè фати страв од вас, и сите жители на овој крај се плашат од вас.\n10 Зашто чувме како Господ го исуши Црвеното Море пред вас, кога излеговте од Египет, и за она што им направивте на двата аморејски цара од другата страна на Јордан, на Сион и Ог, што ги погубивте.\n11 Кога го чувме сè тоа, ни застана срцето, и никој да собере сила за да ви се спротиви, зашто Господ, вашиот Бог - Тој е Бог горе на небесата и долу на земјата.\n12 Заколнете ми се, имено, во Господа дека и вие ќе му направите милост на домот на мојот татко, како што и јас ви направив милост вам, и дајте ми веродостоен знак\n13 дека ќе ги оставите во живот мојот татко и мојата мајка, моите браќа и моите сестри, и сè нивно, и дека ќе нè избавите од смртта.”\n14 Луѓето и одговорија: „Со своите животи емчиме за вас, само ако не нè предадете. Кога Господ ќе ни ја даде земјата, ќе ти искажеме милост и верност.”\n15 Потоа Рава ги спушти по јаже низ прозорецот, зашто куќата и беше покрај градскиот ѕид, и таа живееше до ѕидот.\n16 Уште им рече: „Тргнете кон гората, за да не ве најде потерата, и кријте се таму три дена додека не се вратат потерците, а тогаш одете си по својот пат.”\n17 Луѓето и одговорија: „Еве, вака ќе бидеме слободни од твојата заклетва со која нè заколна:\n18 кога ќе влеземе во земјата, послужи се со овој знак: врзи ја оваа црвена врвца за прозорецот, низ кој нè спушташ, и собери ги при себе, во куќата, својот татко и својата мајка, и своите браќа, и сите свои роднини.\n19 Секој од вас кој ќе стапи надвор, преку прагот на твојата куќа, неговата крв на негова глава: вината не ќе биде на нас - сам е виновник за својата смрт; а кој ќе остане со тебе во куќата, неговата крв нека падне на нашите глави - ние ќе бидеме виновни ако некој го допре со рака.\n20 Ако пак ја предадеш оваа наша работа, ќе бидеме слободни од заклетвата со која што нè заколна.”\n21 А таа одговори: „Нека биде како што рековте!” Тогаш ги пушти, и тие си отидоа, а таа ја заврза за прозорецот црвената врвца.\n22 Тие отидоа и дојдоа на гората, и останаа таму три дни додека не се врати потерата; потерата ги бараше по сите патишта, но не ги најде никаде.\n23 Тогаш се вратија и двајцата согледувачи: слегоа од гората, преминаа преку реката и дојдоа кај Исуса, синот Навинов, па го известија за сè што им се збидна.\n24 И му рекоа на Исуса: „Господ ни ја предаде целата таа покраина во раце; сите нејзини жители ги опфати страв пред нас.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 669, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6578", "title": "Петта книга Мојсеева/ 32 глава", "text": "1 „Слушајте, небеса, сега ќе зборувам, чуј ги, земјо, зборовите на мојата уста!\n2 Мојата наука нека дожди како дожд, мојот збор нека паѓа како роса, како дождец по младо зеленило, како пороен дожд по трева!\n3 Зашто, ќе го возвишувам Господовото име, а вие, величајте Го нашиот Бог!”\n4 „Тој е Стена, делото Му е совршено, зашто се прави сите Негови патишта. Тој е верен Бог и нема неправда, Тој е праведен и вистинит.\n5 Тие се развратија не Му се синови, туку синовски изроди, изопачен и лукав пород.\n6 Така ли Му враќаш на Господа, глупав и безумен народе! Не е ли Тој твој Татко, усвоител, Кој те создаде, преку Кого постоиш?\n7 Спомни си за древните денови, разгледај ги годините од век до век. Прашај го татка си, и ќе те поучи, распрашај ги постарите, па ќе ти кажат.\n8 Кога Сèвишниот им го делеше наследството на народите, кога ги разместуваше човечките синови, им ги одреди меѓите според бројот на Божјите синови:\n9 тогаш на Господа Му падна Неговиот народ, Јаков Му беше Негово наследство.\n10 Тој го најде во степска земја, во морничава пустинска пустина. Го опкружи, го воспитуваше, и го чуваше како зеницата на Своето око.\n11 Како орелот што бдее над гнездото, треперејќи над своите орлиња, така Тој шири крила, го зема, па го носи на Своите перја.\n12 Самиот Господ го водеше него, туѓ бог немаше со него.\n13 Го поведе по височините на земјата, го нахрани со полските плодови, му даде мед од пештера, и масло од цврста стена;\n14 кравја маст и овчо млеко со мрсно од јагниња, васански овни и јарци, со жито како бубрежно сало, и го напои со пенливата крв на грозјето.\n15 Јадеше Јаков и се насити, се згои Есурун па почна да удира со нозе. Си се здебелил, си се згоил, се салоса. Го заборави Бога Кој го создаде и ја презре Стената на своето спасение.\n16 Со туѓите богови Го направија ревнив. Го разјарија со своите гнасотии.\n17 Им жртвуваа на злите духови што не се Бог, на боговите што не ги познаваа порано, на придојдениците кои стигнаа скоро и од кои нивните татковци не се плашеа.\n18 Не се грижиш за Стената што те даде на свет, не си спомнуваш веќе за Бога, Кој те роди!”\n19 „Господ го виде тоа, и во Својот гнев ги отфрли Своите синови и ќерки.\n20 ‘Ќе им го скријам Своето лице - рече - и ќе видам каков ќе биде нивниот крај. Зашто е изопачено тоа колено, синови во кои нема верност.\n21 Со ништожен бог ме поттикнаа на ревност, Ме раздразнија со своите ништожества, и Јас ќе ги направам нив ревниви, ќе ги огорчам со некој глупав народ!\n22 Да, пламна пожарот на Мојот гнев, и ќе гори до гробните длабочини; ќе ја проголта земјата и сето она што таа го раѓа, и ќе и ги изгорам планините до основите.\n23 Сите неволји ќе се навалат на нив, Своите стрели ќе ги истрошам врз нив.\n24 Ќе умираат од глад, ќе ги трујат треската и лутиот помор. Ќе испратам против нив ѕверски заби и отров на оние што лазат во правот.\n25 Надвор мечот ќе ги погубува децата, а стравот ќе владее внатре. Ќе гинат еднакво - момче и девојка, доенче и седокос старец.\n26 Реков: „Ќе ги раселам, ќе им го избришам споменот од помеѓу луѓето.”\n27 Но се боев од непријателското потсмевање: би можеле да им се излажат противниците, па да речат: „Победата е наша, тоа не го изврши Господовата рака.”\n28 Зашто тоа е народ без знаење, нема остроумност во нив.\n29 Да се мудри, веќе и би се досетиле, би разбрале што ги чека.\n30 Како може еден да натера илјада во бегство, и двајца да гонат десет илјади, ако нивната Стена не ги предаде, ако Господ не ги предаде?\n31 Но нивната стена не е како нашата Стена; нашите непријатели се осудени.\n32 Зашто нивната лоза е од содомската лоза и од гоморските лозја; грозјето им е отровно грозје, гроздовите им се гроздови на горчина;\n33 нивното вино е змиски отров, жесток јад и лута отровница.’\n34 ‘Но не е ли тој во мене како скапоценост, запечатен во моето сокровиште?\n35 Моја е одмаздата и наградата во времето кога ќе им се сопне ногата. Зашто е близу денот на нивната пропаст, нивната судбина им се доближува брзо!’\n36 Господ ќе му суди на Својот народ, ќе им се смилува на Своите слуги. Ќе види дека им исчезнува силата, дека им е крај и на робот и на слободниот.\n37 Тогаш ќе рече: ‘Па каде се нивните богови, каде е стената зад која се засолнуваа?\n38 Тие што го јадеа салото на нивните закланици и го пиеја виното на нивните налевници? Нека се дигнат и нека ви помогнат, нека ви бидат засолниште!\n39 Сега гледате дека единствено Јас Сум, и дека нема друг Бог покрај Мене! Јас усмртувам и оживувам; Јас удирам и исцелувам и никој не се избавува од Мојата рака.\n40 Да, јас ја кревам Својата рака кон небото и велам: „Да не бидам Јас вечно жив\n41 ако не го земам судот во своите раце, откако ќе го наоштрам Својот блескав меч, за да им се одмаздам на Своите непријатели, за да им платам на оние Кои Ме мразат Мене.\n42 Своите стрели ќе ги испијанам со крв и Мојот меч ќе се најаде месо, крв од убиени и заробени, глави од непријателските кнезови.”‘\n43 Воскликнувајте, о небеса, со Него обожувајте Го, Божји синови! Воскликнувајте, племиња, со Неговиот народ, вознесувајте ја Неговата сила, Господови пратеници. Зашто ќе ја одмаздам крвта на Своите слуги, со иста мерка ќе им вратам на непријателите, ќе наплати од оние кои Го мразат Него, ќе ја очисти од грев земјата на Својот народ.”\n44 Дојде Мојсеј со Исуса, синот Навинов, па ги изговори во ушите на народот зборовите на оваа песна.\n45 Кога Мојсеј им ги изговори сите овие зборови на сиот Израел,\n46 им рече: „Во своите срца посадете ги овие зборови, што ги земам денес за сведоци против вас; наредете им на своите синови да ги пазат, вршејќи ги сите зборови на овој Закон.\n47 Та тоа не е за вас празно слово, зашто тоа е ваш живот. Заради ова слово ќе живеете долго во земјата што ќе ја земете во сопственост, откако ќе поминете преку Јордан.”\n48 Во тој ист ден Господ му рече на Мојсеја:\n49 „Искачи се на гората Нево, во Аваримската Планина - што е во Моавската Земја спроти Ерихон - па разгледај ја Ханаанската Земја што ќе им ја дадам во сопственост на Израелевите синови\n50 Потоа умри на гората на која ќе се искачиш и придружи им се на своите предци, како што и твојот брат Арон, кој умре на гората Ор, им беше придружен на своите.\n51 А тоа е зашто ме изневеривте среде Израелевите синови при Мерива Кадис, при водите во пустината Син: не ја прославивте Мојата светост меѓу Израелевите синови.\n52 Затоа само оддалеку ќе ја видиш оваа земја, ама нема да влезеш во неа - во земјата што им ја давам на Израелевите синови.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_32_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1181, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6593", "title": "Книга на Исус Невин/ 4 глава", "text": "1 Откако сиот народ помина преку Јордан, Господ му рече на Исуса:\n2 ”Изберете од народот дванаесет луѓе, од секое племе по еден,\n3 и заповедајте им: ‘Дигнете оттука, од средината на Јордан - од местата каде што стојат нозете на свештениците - дванаесет камења, кои ќе ги носите со себеси и ќе ги положите на местото каде што ќе преноќевате ноќеска.’”\n4 Тогаш Исус повика дванаесет луѓе, кои ги имаше избрано меѓу Израелевите синови, од секое племе по еден човек,\n5 и им рече: „Одете пред Ковчегот на Господа, својот Бог, во средината на Јордан, и нека секој донесе на своите рамена по еден камен според бројот на Израелевите племиња.\n6 Тоа ќе биде за спомен меѓу вас. Кога еден ден вашите деца ќе ве прашаат: ‘Што ви значат овие камења?’\n7 Ќе им речете: ‘Водата на Јордан се раздели пред Ковчегот на Господовиот Завет, кога поминуваше преку Јордан.’ И овие камења ќе им бидат вечен спомен на Израелевите синови.”\n8 Израелците направија како што им заповеда Исус, зедоа дванаесет камења од средината на Јордан, според бројот на Израелевите племиња, како што Господ му нареди на Исуса: ги однесоа до своето ноќевалиште и ги положија таму.\n9 Потоа Исус постави дванаесет камења среде Јордан, на местото каде што стоеја нозете на свештениците, кои го носеа Ковчегот на Заветот. Таму стојат и денес.\n10 Свештениците, кои го носеа Ковчегот, стоеја среде Јордан, сè додека не беше извршено сè што Господ му заповеда на Исуса да направи народот, сосем онака како што Мојсеј му беше наредил на Исуса. А сиот народ преминуваше брзо.\n11 Откако помина сиот народ, преминаа и свештениците со Господовиот Ковчег на Господовиот Завет и тргнаа пред народот.\n12 Тогаш Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе, во бојна опрема, застанаа на чело на Израелевите синови, како што им беше заповедал Мојсеј.\n13 Околу четириесет илјади вооружени луѓе поминаа пред Господа за да се борат на Ерихонските Полиња.\n14 Во тој ден Господ го возвиши Исуса пред сиот Израел, и сите се боеја од него, како некогаш од Мојсеја, во сите денови на неговиот живот.\n15 Господ му рече на Исуса:\n16 ”Заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот, да излезат од Јордан.”\n17 Тогаш Исус им заповеда на свештениците: „Излезете од Јордан!”\n18 А штом свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, излегоа од средината на Јордан и стапнаа со нозете на суво, водите на Јордан се вратија на своето место и почнаа да течат како и порано преку своите брегови.\n19 Народот излезе од Јордан во десеттиот ден на првиот месец. Тогаш се настанија во Галгал, источно од Ерихон.\n20 А оние дванаесет камења што ги зедоа со себе од Јордан, Исус ги постави во Галгал.\n21 Тогаш им рече на Израелците: „Ако вашите потомци ги прашаат еден ден своите татковци: ‘Што значи ова камење?’ -\n22 Вие поучете ги вака: ‘Израел тука помина по суво преку Јордан,’\n23 зашто Господ, вашиот Бог, ја пресуши пред вас водата на Јордан додека не поминавте, како што направи вашиот Бог Господ со Црвеното Море, кога го пресуши пред нас додека не поминавме.\n24 А сè тоа за да знаат сите народи на земјата колку е моќна Господовата рака, и за да се боите вие самите секогаш од Господа, својот Бог.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 551, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6570", "title": "Петта книга Мојсеева/ 28 глава", "text": "1 „Ако навистина го послушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги и вршејќи ги сите негови заповеди што ти ги наредувам денес, Господ, твојот Бог, ќе те возвиши над сите народи на земјата.\n2 Сите овие благослови ќе слезат над тебе и ќе те стигнат ако го слушаш гласот на Господа, својот Бог.\n3 Благословен ќе бидеш во градот, благословен во полето.\n4 Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, родот на твојата земја, плодот на твојот добиток: рожбите на твоите говеда и на твоите стада.\n5 Благословен ќе биде твојот кош, и твоите ноќви.\n6 Благословен ќе бидеш кога ќе влегуваш, благословен кога ќе излегуваш.\n7 Твоите непријатели, кои ќе се кренат против тебе, Господ ќе ги положи пред тебе поразени; по еден пат ќе излезат против тебе, а по седум патишта ќе се разбегаат пред тебе.\n8 Господ ќе нареди благословот да биде со тебе во твоите житници и во секој потфат на твојата рака, и ќе те благословуваат во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава,\n9 Господ ќе направи од тебе народ посветен на Себеси, како што ти се заколна, ако ги пазиш заповедите на Господа, својот Бог, и ако одиш по неговите патишта.\n10 Сите народи на земјата ќе видат дека се наречуваш со Господовото име, па ќе стравуваат од тебе.\n11 Господ ќе те опсипе со изобилни блага: со пород на твојата утроба, со прираст на твојот добиток и со родот на твојата почва во земјата, за која Господ им се заколна на твоите татковци дека ќе ти ја даде.\n12 Господ ќе ти ја отвори Својата богата ризница - небото - за да дава дожд во твојата земја во право време и да го благослови секој потфат на твоите раце. Ќе им даваш на заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем.\n13 Господ ќе те држи на чело, а не на задното место; секогаш ќе бидеш на врвот, никогаш на дното, ако ги слушаш заповедите на Господа, својот Бог, што ти ги наредувам денес за да ги држиш и вршиш.\n14 Немој да отстапуваш ниту од еден збор што ви го наложувам денес - ни десно ни лево, одејќи по други богови и искажувајќи им почитување.”\n15 „Но ако не го слушаш гласот на Господа, својот Бог, не пазејќи и не извршувајќи ги Неговите заповеди и сите Негови закони што ти ги наредувам денес, сите овие проклетства ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат:\n16 Проклет ќе бидеш во градот, проклет во полето.\n17 Проклет ќе биде твојот кош, и твоите ноќви.\n18 Проклет ќе биде плодот на твојата утроба и родот на твојата земја, младите на твоите говеда и прирастот на твоите стада.\n19 Проклет ќе бидеш кога ќе влегуваш, проклет кога ќе излегуваш.\n20 Господ ќе пушта на тебе проклетство, забуна и клетва во сè кон што ќе ја испружиш својата рака за да направиш, сè додека не бидеш сотрен и не пропаднеш брзо заради злото на своите дела, со кои Ме напушти.\n21 Господ ќе го испрати поморот врз тебе додека те снема од земјата во која одиш, за да ја завладееш.\n22 Господ ќе те удри со истоштеност, со треска, со воспаление, со жега и со суша, со сувиот ветер и со гламница; тоа ќе те гони додека те снема.\n23 Небесата над твојата глава ќе станат бронза, а почвата под твоите нозе ќе стане железна.\n24 Место дожд, Господ ќе и даде на твојата земја пепел, и од небото ќе паѓа прав, ќе паѓа на тебе додека не бидеш истребен.\n25 Господ ќе те направи да бидеш поразен пред твоите непријатели; по еден пат ќе излегуваш против нив, а по седум патишта ќе бегаш пред нив. Ќе станеш страшило за сите земни царства.\n26 И твоето мртво тело ќе им стане храна на сите небесни птици и на сите земни ѕверови. Не ќе има никој за да ги плаши.\n27 Господ ќе те удри со египетски приштови, со чиреви, со красти и со јадеж, од кои не ќе можеш да се исцелиш.\n28 Господ ќе те удри со беснило, со слепота и со лудило;\n29 на сред бел ден ќе талкаш како што талка слепиот во мрак; не ќе имаш успеси во своите потфати; во сето време ќе бидеш притискан и ограбуван, а не ќе има никој за да те спаси.\n30 Ќе се ожениш за жена, но друг ќе ја има. Ќе изградиш куќа, но не ќе живееш во неа. Ќе засадуваш лозје, но нема да го береш.\n31 Ќе го заколат твојот вол пред твои очи, но ти нема да јадеш од него; ќе ти го одземат твоето осле пред тебе, но нема да ти го вратат; ќе му го предаваат твоето стадо на твоите непријатели, а не ќе има никој за да ти дојде напомош.\n32 Твоите синови и твоите ќерки ќе му бидат предавани на друг народ. Твоите очи ќе солзат секој ден, но твојата рака не ќе може ништо.\n33 Народ, што ти не го познаваш, ќе го јаде плодот на твојата земја и сета твоја мака, додека ти ќе бидеш, во сето време, притискуван и газен.\n34 Ќе полудиш од глетките што ќе ти гледаат твоите очи.\n35 Господ ќе те удри со лути приштови, по колениците и по бедрата - од стапалата на твоите нозе до темето на твојата глава - од кои не ќе можеш да се излекуваш.\n36 Господ ќе ве одведе и тебе и твојот цар, кого ќе го поставиш над себе си, меѓу народ непознат и тебе и на твоите очи, па таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени.\n37 Ќе им бидеш за чудење, за пословица и за потсмев на сите народи, меѓу кои ќе те одведе Господ.\n38 Многу семе ќе фрлаш во полето, ама малку ќе жнееш, зашто родот ќе го оголат скакулците.\n39 Ќе посадиш лозје и ќе го обработуваш, но вино нема да пиеш ниту ќе собереш нешто, зашто црв ќе ги јаде.\n40 Ќе имаш маслинки на целото свое подрачје, но нема да се намачкаш со масло, зашто маслинките ќе ти паѓаат.\n41 Ќе раѓаш синови и ќерки, но нема да бидат твои, зашто ќе одат во ропство.\n42 Сите твои дрва и родот на твојата земја ќе станат плен на бубачките.\n43 Придојденикот, кој ќе биде во твоја средина, ќе се воздигне над тебе, а ти ќе паѓаш сè пониско и пониско.\n44 Тој ќе ти дава на заем, а не ти нему; тој ќе биде глава а ти опашка.\n45 Сите овие проклетства ќе те снајдат, ќе те гонат и ќе те достигнат додека не те уништат, зашто не го слушаше гласот на Господа, својот Бог, ниту ги пазеше Неговите заповеди и закони, што ти ги даде.\n46 Тие ќе ви служат за чудесен знак тебе, и на твоето потомство засекогаш.\n47 Бидејќи не сакаше да му служиш на Бога, својот Бог, со весело и радосно срце заради изобилството на сè\n48 ќе му служиш на својот непријател, кого Господ ќе го испрати против тебе, во глад, во жед, во голота и во секаква скудност. На твојот врат ќе навали јарем од железо, така што ќе те измачува!\n49 Господ ќе доведе од далечина, од крајот на земјата, против тебе народ, што ќе слета како орел. Тоа ќе биде народ чиј јазик не ќе го разбираш;\n50 бездушен народ, кој не ќе пројавува обѕир кон старите ниту ќе се смилува кон младите.\n51 Тој ќе ти ги јаде: младите од твојот добиток и плодот на твојата земја додека не те уништи; не ќе ти остава ни жито, ни вино, ни масло, ни теле од крава, ни прираст од стадата, додека не те упропасти.\n52 Ќе те опсадува во сите твои градови ширум низ земјата додека не ги разурне високите и утврдените ѕидови на кои што си се надевал; ќе те опсадат во сите твои градови ширум низ земјата, што ти ја даде Господ, твојот Бог.\n53 Во притеснувањето и во јадот, со кои ќе те притисне твојот непријател, ќе го јадеш плодот на твојата утроба - месото на своите синови и своите ќерки, што ќе ти ги даде Господ, твојот Бог.\n54 Човекот, најнежниот и најмекиот сред тебе, ќе гледа со злобно око на својот брат, на жената во својата прегратка и на своите деца што му останаа,\n55 не сакајќи ниту со еден од нив да го дели месото на своите синови, што ќе го јаде, зашто заради притеснувањето и јадот, со кои твојот непријател, ќе те притиска по сите твои градови, друго не ќе му останува.\n56 И жената, најнежна и најмека што ќе биде сред тебе - толку нежна и воздржана што не се осмелува да ги спушти стапалата на земја - ќе гледа со злобно око на мажот во својата прегратка, и на својот син, и на својата ќерка,\n57 и на својата постелка што ќе и излезе меѓу нозете, и на децата што ќе треба да ги роди, зашто ќе ги изеде скришно, скудна во сè, заради неволјата и јадот со кои ќе те притисне твојот непријател по сите твои градови.\n58 Ако не ги пазиш и не ги вршиш зборовите на овој Закон, што се напишани во оваа книга, не почитувајќи го ова славно и страшно Име - Господа, својот Бог -\n59 Господ ќе ве шибне тешко, тебе и твоето потомство, со големи и долготрајни бичеви, со погубувачки и долги болести.\n60 Ќе ги пушти на тебе сите египетски зла, од кои се плашеше, и тие ќе се прилепат до тебе.\n61 А и секоја друга болест и бич, кои не се наведени во книжниот свиток на овој Закон, Господ ќе ги пушта на тебе додека не те уништи.\n62 Ќе останете само малку од вас што бевте многубројни како небеските ѕвезди, а сè заради тоа што не го слушаше гласот на Господа, својот Бог.\n63 Како што се радуваше Господ со вас, правејќи ве среќни и множејќи ве, така Господ ќе се радува да ве истреби и погуби, за да се откорнете од земјата во која одите, за да ја земете во сопственост.\n64 Господ ќе ве расфрли по сите народи, од крајот до крајот на земјата; таму ќе им служиш на други богови: дрвени и камени - кои ви беа непознати и тебе и на твоите татковци.\n65 Но нема да имаш мир меѓу тие народи; ниту твоите стапала ќе имаат почивалиште, туку таму Господ ќе ти даде возбудено срце, пропаднати очи, изнемоштена душа.\n66 Твојот живот ќе виси на нишка; ќе се боиш и дење и ноќе, и не ќе бидеш безбеден за својот живот.\n67 Од стравот, што ќе ти го стега срцето, и од глетката што ќе ја гледаат твоите очи, наутро ќе зборуваш: ‘Ох да е веќе вечер!’ а навечер ќе зборуваш: ‘Ох да е веќе утро!’\n68 Господ ќе те одведе со кораби, назад во Египет, по патот за кој ти реков дека не смееш веќе да го видиш. Таму вие самите ќе им се продавате на вашите непријатели за робови и робинки, но не ќе има купувачи.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%B5%D0%B5%D0%B2%D0%B0/_28_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1826, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6595", "title": "Книга на Исус Невин/ 5 глава", "text": "1 Откако чуја сите аморејски цареви на западната страна на Јордан, и сите ханаански цареви, кои беа покрај морето, дека Господ, го пресуши Јордан пред Израелците додека не поминаа, им застана срцето, и не остана дух во нив пред Израелците.\n2 Во тоа време Господ му рече на Исуса: „Направи си камени ножеви и обрежи ги повторно Израелците.”\n3 Исус си направи камени ножеви и ги обреза Израелците на брежето Аралот (Брег на Обрезаните).\n4 А еве зошто ги обреза Исус: сите луѓе кои излегоа од Египет, сите кои можеа да носат оружје, изумреа при патувањето низ пустината.\n5 Сите тие беа обрезани, ама не беше обрезан никој, кој се родил при патувањето низ пустината, по излезот од Египет,\n6 зашто четириесет години Израелците скитаа по пустината додека не изумреа сите способни за оружје, кои беа излегле од Египет; не го слушаа Господовиот глас, па Господ им се заколна дека нивните очи нема да ја видат земјата, што им ја вети на нивните татковци - земјата во која течат млеко и мед.\n7 На нивно место ги издигна нивните синови, и Исус ги обреза нив: не беа обрезани, зашто на патот не се обрезуваше.\n8 Кога сиот народ беше обрезан, почиваа во логорот сè додека не оздравеа.\n9 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Денес го симнав од вас египетскиот срам.” И она место се нарече Галгал сè до наши дни.\n10 И така Израелците се настанија во Галгал и таму во Ерихонските Полиња ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден во месецот, навечер.\n11 А утреден по Пасхата, поправо во тој ден јадеа од родот на онаа земја: бесквасни лебови и пржени зрна.\n12 И маната прекрати штом почнаа да ги јадат плодовите на земјата. Така Израелците веќе немаа мана, туку се хранеа таа година со плодовите на Ханаанската Земја.\n13 Кога Исус му се приближи на градот Ерихон, ги подигна очите и здогледа човек како стои пред него со извлечен меч во раката. Исус му пристапи и го праша: „Дали си ти со нас или си со нашите непријатели?”\n14 А тој одговори: „Не, јас сум водач на Господовата војска, и тукушто дојдов. . .” Тогаш Исус падна ничкум, му се поклони и рече: „Што му заповедаш, Господару, на својот слуга?”\n15 А предводникот на Господовото воинство му одговори на Исуса: „Собуј ги обувките од своите нозе, зашто е свето местото на кое што стоиш.” И Исус направи така.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 402, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6597", "title": "Книга на Исус Невин/ 6 глава", "text": "1 А Ерихон стоеше силно утврден и затворен пред Израелевите синови. Никој не излегуваше ниту некој влегуваше.\n2 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Еве, ти ги предавам во рацете Ерихон и неговиот цар со војниците.\n3 Сите вие воини обиколете околу градот еднаш на ден. Така правете шест денови.\n4 А седум свештеници нека носат седум труби од овновски рогови пред Ковчегот. На седмиот ден обиколете седумпати околу градот, а свештениците нека трубат во трубите.\n5 Па кога ќе затрубат продолжително во овновскиот рог, сиот народ, штом ќе го чуе гласот на трубата, нека крене силна воена викотница. И градските ѕидишта ќе се разурнат, а народот нека влегува тогаш секој оттаму каде што ќе се најде.”\n6 Исус, синот Навинов, ги повика при себе свештениците и им рече: „Земете го Ковчегот на Заветот, а седум свештеници нека носат седум труби од овновски рогови пред Господовиот Ковчег.”\n7 А на народот му рече: „Појдете и обиколете околу градот, а војниците нека одат пред Господовиот Ковчег.”\n8 И беше како што Исус му нареди на народот. Тргнаа седум свештеници носејќи труби од овновски рогови: трубеа во роговите, а Господовиот Ковчег одеше по нив.\n9 Војниците тргнаа пред свештениците кои свиреа во трубите, а заштитницата тргна по Ковчегот. Чекореа така додека се разлеваше гласот на трубите.\n10 А Исус му имаше заповедано на народот: „Не викајте и не давајте глас од себе, и ниеден збор да не се чуе од вашата уста додека не ви речам: ‘Викајте!’ Тогаш нека екне воената викотница!”\n11 И нареди Господовиот Ковчег да обиколи еднаш околу градот, па да се вратат во логорот и да преноќеваат таму.\n12 Исус подрани утреден, и свештениците го понесоа Ковчегот на Заветот.\n13 А седумте свештеници кои носеа седум труби од овновски рогови тргнаа пред Господовиот Ковчег. Одејќи трубеа во трубите, војниците одеа пред нив, а заштитницата пак зад Господовиот Ковчег, додека трубите одекнуваа.\n14 Така и на другиот ден обиколија еднаш околу градот, па се вратија назад во логорот.\n15 А на седмиот ден станаа во зората и обиколија околу градот, по истиот онаков ред, седумпати. Само во тој ден обиколија седумпати околу градот.\n16 За време на седмото обиколување свештениците затрубија силно во роговите, а Исус му рече на народот: „Извикувајте воени викотници, зашто Господ ви го предаде градот!”\n17 Градот нека биде „херем” за Господа - проклет и предаден на уништување со сè што е во него. Само блудницата Рава да остане жива и сите кои ќе бидат со неа во куќата, зашто таа ги скри согледувачите што ги испративме.\n18 А чувајте се од проколнато во градот за да не станете и самите проклети затоа што сте зеле проклето, зашто со тоа би сте навлекле проклетство врз логорот и би сте го направиле несреќен.\n19 Затоа сето сребро и злато, сите бронзени и железни садови нека му бидат посветени на Господа и нека бидат чувани во Господовото сокровиште.”\n20 Тогаш народот извика и трубите одекнаа. Кога екнаа гласот на трубите и воените извикувања на народот, ѕидовите паднаа и народот навлезе во градот, секој оттаму каде што се најде, и го освоија.\n21 И тогаш ја извршија заклетвата ништејќи со острилото на мечот сè што беше во градот: машко и женско, старо и младо, волови, овци и ослиња.\n22 А тогаш Исус им рече на двајцата што ја согледуваа земјата: „Отидете во куќата на онаа блудница па изведете ја жената со сите нејзини, како што и се заколнавте.”\n23 И младите луѓе, согледувачите, отидоа та ги извадија Рава, нејзиниот татко, нејзината мајка, браќата и сите роднини. Ги изведоа сите нејзини и ги сместија надвор од израелскиот логор.\n24 Го изгореа градот и сè што беше во него: зедоа само сребро, злато, бронзени и железни садови, и ги ставија во ризницата на Господовиот Дом.\n25 Ама Исус ги поштеди: блудницата Рава, и сето нејзино семејство и сè нивно. Таа остана меѓу Израелците до денес, зашто ги скри гласниците кои ги испрати Исус за да го извидат Ерихон.\n26 Тогаш Исус ја изрече оваа клетва: „Проклет да биде пред Господовото лице човекот, кој ќе се обиде да го изгради наново Ерихон: да ги гради неговите основи врз својот првенец, да ги крева неговите врати врз својот љубимец!”\n27 Господ беше со Исуса, па се пронесе глас за него по целата земја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 715, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6599", "title": "Книга на Исус Невин/ 7 глава", "text": "1 Но Израелевите синови згрешија тешко во „херемот” (проклетство), зашто Ахан, син на Хармиј, син Завдиев, син Зарин, од Јудиното племе, зеде од проколнатите работи, и Господ се разгневи на Израелевите синови.\n2 Исус пак испрати луѓе од Ерихон во Гај, што лежи источно од Ветил, и им рече: „Искачете се онаму, извидете ја земјата!” Луѓето отидоа па го извидија Гај.\n3 Се вратија при Исуса, му рекоа: „Не треба натаму да се искачува сиот народ; две до три илјади нека отидат за да го освојат Гај. Не мачи го таму сиот народ, зашто таму има малкумина.”\n4 Тргнаа натаму околу три илјади луѓе од сиот народ, и избегаа пред оние од Гај.\n5 Гајците погубија околу триесет и шест луѓе, и ги тераа од пред своите врати до Сиварим: ги истепаа на стрмината. Тогаш се стопи срцето на народот, како да му е вода во жилите.\n6 Исус ги раздра своите облеки и се фрли ничкум пред Господовиот Ковчег, и остана така до вечерта, тој и старешините во Израел, откако ги посипаа главите со пепел.\n7 Тогаш Исус рече: „Ах, Господи Боже, зошто го преведе овој народ преку Јордан? За да нè предадеш во рацете на Аморејците за да не погубат? Камо среќа да останевме на онаа страна на Јордан!\n8 Прости, Господи! Што да речам друго, кога Израел ги сврте плеќите пред своите непријатели?\n9 Ако го чујат тоа Ханаанците и другите жители на земјата, ќе се здружат против нас и ќе го избришат нашето име од земјата. И така, што ќе направиш за Своето големо Име?”\n10 А Господ му одговори на Исуса: „Стани! Зошто падна ничкум?\n11 Израел згреши: го прекршија Заветот со кој ги обврзав. Навистина го зедоа проколнатото, откраднаа, излагаа и присвоија.\n12 И затоа Израелците не можат да издржат пред своите непријатели, ги вртат грбовите пред противниците зашто станаа проклети. Јас не можам веќе да бидам со вас, ако од својата средина не ги отстраните проклетите.\n13 Стани! Свикај го народот на посветување и речи му: ‘Посветете се за утре, зашто вака вели Господ, Израелевиот Бог: „Проклетство е во тебе, Израелу; и не ќе издржиш пред своите иепријатели сè додека не го отстраните проклетството од своја средина. „\n14 Затоа утре во мугрите пристапите племе по племе; од племето што ќе го одреди Господ ќе пристапи род по род, а тогаш од родот што ќе го означи Господ ќе пристапи семејство по семејство, а од семејството што ќе го означи Господ ќе пристапи човек по човек.\n15 И кој ќе се најде тогаш со проколнатата работа, нека биде изгорен тој и сè што му припаѓа, зашто го прекрши Господовиот Завет и го засрами Израел.’”\n16 Подрани Исус наутро и го повика Израел по племиња; пристапија, и беше откриено Јудиното племе.\n17 Потоа пристапија род по род од Јудиното племе, и се најде Зарииниот род. Пристапија семејствата на Зарииниот род, домаќин еден по друг, и го пронајдоа Завдиевото семејство.\n18 Најпосле Исус нареди да пристапи Завдиевото семејство, мажите еден по еден, и беше најден Ахан, син на Хармиј, син Завдиев, син Зарин, од Јудиното племе.\n19 Тогаш Исус му рече на Ахан: „Сине мој, воздај Му слава на Господа, Израелевиот Бог, и признај Му што си направил; објасни што си сторил и немој ништо да криеш.”\n20 Ахан му рече на Исуса: „Навистина, јас Му згрешив на Господа, Израелевиот Бог, и еве што направив:\n21 видов во пленот убава вавилонска наметка, две стотини сикли сребро и златна плоча што тежи педесет сикли, па се полакомив и ги зедов за себе. Ене сè е закопано среде мојот шатор, а среброто е одоздола.”\n22 Тогаш Исус испрати пратеници, кои отрчаа во шаторот. И ете, сè беше закопано во шаторот, а среброто одоздола.\n23 Зедоа сè од шаторот и им го донесоа на Исуса и на Израелевите старешини и го положија пред Господа.\n24 Тогаш Исус ги зеде Ахана синот Зариин, и среброто, наметката и златната плоча, и сите негови синови и ќерки, неговите волови и ослиња, и овците, неговиот шатор и сè што беше негово, па го изведе во долината Ахор. Сиот Израел ги следеше.\n25 Рече Исус: „Како што нè направи несреќни, така Господ да те направи тебе несреќен денес! „ И сиот Израел го каменува.\n26 Потоа навалија врз него куп камења, што стојат до денес. Така Господ се ублажи од Својот жесток гнев. Заради тој настан она место се нарече долина Ахор, и така се вика до денес.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 738, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6609", "title": "Книга на Исус Невин/ 12 глава", "text": "1 Овие се земните цареви што Израелците ги победија и ја освоија нивната земја од онаа страна на Јордан кон исток, од потокот Арнон до гората Ермон, со сета Араба на исток:\n2 Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;\n3 и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сè до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга.\n4 Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин.\n5 А владееше со гората Ермон и Салх, со целиот Васан сè до гесурската и махатската меѓа, па со другата половина од Галад сè до границата на Сион, есевонскиот цар.\n6 Мојсеј, Господовиот слуга, и Израелевите синови сите ги погубија, и Мојсеј, Господовиот слуга, им ја предаде таа земја во сопственост на Рувимовото племе и Гадовото племе и на половината Манасиево племе.\n7 А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови,\n8 во Горјето, во Шефел, во Араба и по стрмнините, во Пустината па во Негев: земјата хетејска, аморејска и ханаанска, ферезејска, евејска и евусејска\n9 ерихонскиот цар, еден, царот на Гај кај Ветил, еден:\n10 ерусалимскиот цар, еден; хевронскиот цар, еден;\n11 јармутскиот цар, еден; лахискиот цар, еден;\n12 еглонскиот цар, еден: гезерскиот цар, еден;\n13 давирскиот цар, еден; гадерскиот цар, еден,\n14 орамскиот цар, еден; арадскиот цар, еден;\n15 царот на Ливна, еден; одоламскиот цар, еден;\n16 макидскиот цар, еден; ветилскиот цар, еден;\n17 царот на Тапујците, еден; еферскиот цар, еден;\n18 афечкиот цар, еден; саронскиот цар, еден;\n19 мадонскиот цар, еден; асорскиот цар, еден;\n20 симрон-меронскиот цар, еден; ахсавскиот цар, еден;\n21 танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден;\n22 кедескиот цар, еден; јокнаемскиот цар, кај Кармел, еден;\n23 дорскиот цар во Дорската Покраина, еден; гоимскиот цар во Галгал, еден;\n24 тераскиот цар, еден. Вкупно триесет и еден цар.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 389, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6617", "title": "Книга на Исус Невин/ 16 глава", "text": "1 На Јосифовите синови им припаднаа со жрепка недвижниот имот: од Јордан кај Ерихон, од Ерихонските Води на исток, па низ пустината кон Ветилската Гора;\n2 од Ветил до Луз, меѓата продолжуваше низ подрачјето на Архијците до Атарот.\n3 Потоа се спушташе на запад до јафлетската меѓа, сè до долниот Вет-Орон и до Гезер, откаде излегуваше на море.\n4 Тоа беше наследството на Јосифовите синови: Манасиј и Ефрем.\n5 Подрачјето на Ефремовите синови, според нивните семејства, беше ова: меѓата на нивното наследство кон исток одеше од Атарот Адар па до Горниот Вет-Орон.\n6 Оттаму се тегнеше до морето. (одеше на) Михметат на север и вртеше натаму на исток кон Танат-Силон и поминуваше од источната страна на Јанох.\n7 Од Јанох се спушташе во Атарот и Нарат и тогаш, допирајќи до Ерихон, удираше во Јордан.\n8 Од Тафуј меѓата одеше кон запад до потокот Кана па излегуваше на море. Тоа беше наследството на племето на Ефремовите синови според нивните семејства.\n9 А Ефремовите синови ги имаа сите тие градови со нивните села, и уште одделени градови среде наследството на Манасиевите синови.\n10 Ама не успеаја да ги изгонат Ханаанците, кои живееја во Гезер. Така Ханаанците останаа меѓу Ефремовите синови до денес, но им беше наметнат данок.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 213, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6625", "title": "Книга на Исус Невин/ 20 глава", "text": "1 Господ му рече на Исуса:\n2 ”Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Одредете си за себе градови - засолништа за кои што ви зборував преку Мојсеја,\n3 за да би таму можел да избега убиец кој ќе убие некого од несакање, и за да ви бидат засолништа од крвниот одмазник.\n4 Ако убиец избега во некој од тие градови, нека застане пред градската врата и нека им ја изнесе на старешините на тој град својата работа. Тие нека го примат во својот град и нека му одредат место каде ќе престојува меѓу нив.\n5 Ако крвниот осветник го гони, не смеат да го предадат убиецот во неговите раце: та на несакање го убил својот ближен, а не од омраза.\n6 Убиецот нека остане во тој град сè додека не стапи пред судот на заедницата или до смртта на големиот свештеник, кој ќе биде во она време. Тогаш убиецот нека се врати и нека отиде во својот град и во својот дом - во градот од кој пребегна.’”\n7 И ги посветија Кадес во Галилеја, во Нефталимовата Гора; Сихем во Ефремовата Гора; Киријат-Арва, односно Хеврон во Јудината Гора,\n8 оттаде Јордан, источно од Ерихон, ги одредија Восор во пустината, во рамницата на Рувимовото племе, и Рамот во Галад од Гадовото племе, и Голан во Васон од Манасиевото племе.\n9 Тоа беа градовите определени за сите Израелци и придојденици, кои престојуваат меѓу нив: ваму можеше да избега секој, кој ќе убиеше неволно друг, та да не загине самиот од осветничка рака додека не излезе на суд, пред заедницата.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 263, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6613", "title": "Книга на Исус Невин/ 14 глава", "text": "1 Ова е што добија во наследство Израелевите синови во Ханаанската Земја - што им разделија во наследство свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на семејствата на израелските племиња.\n2 Наследството го разделија со жрепка, како што Господ одреди преку Мојсеја, меѓу деветте племиња и половината од десеттото племе.\n3 Мојсеј им го одреди наследството на двете племиња и на половината од десеттото племе од онаа страна на Јордан, а на Левитите не им даде наследство меѓу нив.\n4 Зашто беа две племиња на Јосифовите синови: Манасиевото и Ефремовото. А на Левитите не им дадоа дел од земјата, туку градови, за престојување и пасишта за нивниот добиток и за нивната стока.\n5 Како што Господ му заповеда на Мојсеја, така направија Израелевите синови при делбата на земјата.\n6 Јудините синови пристапија кон Исуса во Галгал, а Халев синот Јефониев, Кенезеец, му рече: „Ти знаеш што му рече Господ на Мојсеја, на Божјиот човек, за мене и за тебе во Кадис-Варни.\n7 Ми беа четириесет години кога Мојсеј, Господовиот слуга, ме испрати од Кадис-Варни да ја согледам земјата. И му донесов извештај како што најдобро знаев.\n8 Браќата кои тргнаа со мене го исплашија срцето на народот, но јас ја вршев волјата на Господа, својот Бог.\n9 И во тој ден Мојсеј се заколна: ‘Земјата по која стапнуваше твојата нога ќе ти припадне тебе и на твоите синови во вечно наследство, зашто ја вршеше волјата на Господа, мојот Бог.’\n10 И гледаш, Господ ме запази во живот, како што рече. Веќе поминаа четириесет и пет години откако Господ му го вети тоа на Мојсеја, додека Израел уште одеше низ пустината; сега сум на осумдесет и пет години,\n11 но уште сум и денес силен, како што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како согледувач. Како некогаш, и сега е мојата сила во мене, за борба за да отидам и да се вратам.\n12 Дај ми го сега ова горје, што Господ ми го вети во оној ден. Сам чу во оној ден. Таму се Енакимците, а градовите им се големи и цврсти. Ако е Господ со мене, ќе ги изгонам, како што го вети тоа Господ.”\n13 Тогаш Исус го благослови, и му го даде на Халева, синот Јефониев, Хеврон во наследство.\n14 Хеврон му припадна во наследство на Халев, синот Јефониев, Кенезец, сè до денес, зашто Халев ја вршеше волјата на Господа, Израелевиот Бог.\n15 Хеврон се викаше порано Киријат Арва; а Арва беше голем човек меѓу Енакимците.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 418, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6607", "title": "Книга на Исус Невин/ 11 глава", "text": "1 Кога го чу сè тоа Јавин, цар на Асор, ги извести: Јовав, царот на Мадона, и царот на Симрона, и царот на Ахсафа,\n2 и царевите на север, во Горјето, и во Араба јужно од Хинерот, и во Шефела, и на височините на Дор спрема морето;\n3 Ханаанците на исток и запад, Аморејците, Хетејците, Ферезејците и Евусејците во планините, Евејците под Ермон во земјата Миспа.\n4 Сите тие излегоа со своите чети, со мноштво што беше како песок на морскиот брег, и со многу коњи и коли.\n5 И така сите тие цареви се здружија и поставија логор заедно покрај водите на Мером, за да се борат против Израел.\n6 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се од нив, зашто утре во ова доба ќе направам сите да бидат погубени пред Израел; пресечи им ги жилите на нивните коњи, а нивните коли изгори ги со оган.”\n7 Исус ги поведе против нив сите свои војници, ги нападна одненадеж при водите на Мером и удри на нив.\n8 И Господ ги предаде во рацете на Израелците, па тие ги поразија и ги протераа сè до Големиот Сидон и до Мисрефот-Маим и до рамницата Миспа на исток; и така ги поразија па никој не преживеа.\n9 Исус направи како што му нареди Господ: ги пресече жилите на нивните коњи, а нивните коли ги изгоре со оган.\n10 Во исто време Исус се врати и го зазеде Асор, а неговиот цар го погуби со меч. Некогаш Асор им беше главен град на сите тие царства.\n11 Убија сè со острилото на мечот, извршувајќи го проклетството „херем.” Не остана ништо живо, а Асор го изгореа со оган.\n12 Исус ги покори сите градови на оние цареви и ги погуби царевите со острилото на мечот, извршувајќи го „херемот,” проклетството, како што беше заповедал Мојсеј, Божјиот Слуга.\n13 Од другите градови, што се креваа на своите брежиња, Израелците не изгореа ниеден, освен Асор, што го опожари Исус.\n14 Сиот плен од тие градови и добитокот, Израелевите синови ги поделија меѓу себе, а сите луѓе ги погубија со острилото на мечот, ги истребија, и не остана ни жива душа.\n15 Сè што Господ му заповеда на Својот слуга Мојсеј, Мојсеј му заповеда на Исуса, а Исус изврши сè, не изоставајќи ништо од сè што Господ му беше заповедал на Мојсеја.\n16 Така Исус ја зазеде целата земја: Горјето, сиот Негев и сета земја Госен, Шефел, Араба, Израелското Горје и неговите брежиња,\n17 од гората Алак, што се издига кон Сир, па до Вал Гад, во ливанската рамница под планината Ермон; ги зароби сите нивни цареви, ги порази и ги погуби.\n18 Исус војуваше долго време со тие цареви.\n19 Немаше ниту еден град кој склучил мир со Израелевите синови, освен Евејците, кои живееја во Гаваон: сите ги зазедоа со војна.\n20 Господ им ги окорави срцата, па излегоа во бој против Израел и паднаа под „херем,” проклетство без смилување, за да бидат истребени, како што Господ му заповеда на Мојсеја.\n21 Во тоа време дојде Исус и ги истреби Енакимците од Горјето, од Хеврон, од Давир, од Анава, од сето Јудино Горје и од сето Израелево Горје: ги предаде на „Херем,” на уништување, нив и сите нивни градови.\n22 Така не остана ниеден Енакимец во сета земја на Израелевите синови, освен во Газа, Гат и Азот.\n23 Исус ја зазеде сета земја, како што Господ му беше рекол на Мојсеја, и му ја даде во наследство на Израел, поделувајќи ја по племињата.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 584, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6603", "title": "Книга на Исус Невин/ 9 глава", "text": "1 За сите настани чуја сите цареви од онаа страна на Јордан во Горјето, во Шефел и вдолж на целиот брег на Големото Море, сè до Ливан: Хетејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците -\n2 па сите се здружија за да удрат сложно против Исуса и Израела.\n3 А жителите на Гаваон, поучени од она што Исус му направи на Ерихон и Гај,\n4 се присетија на итрина. Почнаа да се преправаат дека се патници: фрлија стари вреќи и вински мевови, искинати и закрпени на своите ослиња,\n5 Обуја на нозете употребувани и закрпени обувки и облекоа на себе стара облека. Сиот леб што го носеа со себе беше сув и мувлосан.\n6 Стигнаа кај Исуса во галгалскиот логор и им рекоа: нему и на луѓето Израелци: „Доаѓаме од далечна земја, склучите сојуз со нас.”\n7 Но луѓето Израелци им рекоа на тие Евејци: „Кој знае дали не живеете можеби меѓу нас? И така, како ќе склучиме сојуз со вас?”\n8 А тие му одговорија на Исуса: „Твои слуги сме!” Исус ги праша: „Кои сте и од каде доаѓате?”\n9 Одговорија: „Далеку е земјата од која доаѓаат твоите слуги во името на Господа, твојот Бог: чувме за Неговата слава и за сè што му стори на Египет,\n10 и за она што им направи на двајцата аморејски цареви, кои владееја од онаа страна на Јордан - на Сион, цар есевонски, и на Ог, цар васански во Астарот.\n11 Тогаш нашите старешини, на сите во нашата земја, ни рекоа: ‘Снабдете се со храна за пат, тргнете им во пресрет и речете им: „Ваши слуги сме, и така склучите сојуз со нас.”‘\n12 Еве го нашиот леб: топол го зедовме за по пат од своите куќи кога тргнавме кон вас, а еве, сега е сув и мувлосан.\n13 А ова се вински мевови: ги налеавме нови, па еве, веќе се искинати; и нашите облеки и нашите обувки веќе се остарени од далечниот пат.”\n14 И луѓето им поверуваа по снабденоста за пат, не прашувајќи го Господа што ќе им рече.\n15 Исус склучи мир со нив, и склучи сојуз со нив дека ќе ги поштеди. И главатарите се заколнаа на тоа.\n16 А по три дни, откако склучија сојуз со нив, се научи дека им се соседи и дека живеат среде Израел.\n17 Тогаш Израелците тргнаа од логорот и стигнаа во нивните градови, а тоа беа: Гаваон, Кефир, Вирот и Киријат Јарим.\n18 Ама Израелевите синови не ги нападнаа, зашто главатарите на заедницата им се заколнаа во Господа, Израелевиот Бог. Но сета заедница почна да вика против главатарите.\n19 Тогаш сите главатари и рекоа на заедницата: „Ние им се заколнавме во Господа, Израелевиот Бог, и затоа не смееме да ги гибаме.\n20 Еве што ќе правиме: да ги оставиме да живеат, за да не нè стигне гнев заради заклетвата со која се заколнавме.”\n21 Уште главатарите додадоа: „Нека живеат и нека бидат дрвосечачи и водоносци на целата заедница.” Сето општество го прифати тоа што го рекоа главатарите.\n22 Исус ги повика Гаваонците и им рече: „Зашто нè измамивте, велејќи: ‘Многу сме далеку од вас,’ кога, ете, живеете среде нас?\n23 Затоа сега ќе биде клетва врз вас, и никогаш не ќе го снема ропството меѓу вас: ќе бидете дрвосечачи и водоносци за Домот на мојот Бог.”\n24 Тие му одговорија на Исуса: „Од сите страни стигнуваа гласови до нас, до твоите слуги, како Господ, твојот Бог, му одреди на Мојсеја, на Својот слуга, дека ќе ви ја даде сета земја и дека ќе ги истреби пред вас сите жители на оваа земја; многу се исплашивме од вас за своите животи и затоа го направивме ова.\n25 И ете, сега сме во твоите раце: направи со нас што мислиш дека е добро и право.”\n26 А Тој им направи вака: ги избави од рацете на Израелевите синови, па не ги погубија.\n27 И од тој ден Исус им нареди да сечат дрва и да носат вода, сè до денес, за заедницата и за Господвиот жртвеник, на местото кое и да се избере.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 673, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6601", "title": "Книга на Исус Невин/ 8 глава", "text": "1 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се и не се плаши! Земи ги со себе сите воини, стани и нафрли се врз Гај. Ете, ти ги предавам во рацете гајскиот цар, неговиот народ, градот и неговата земја.\n2 Направи со Гај и со неговиот цар како што направи со Ерихон и со неговиот цар; ама ви е слободно да го приграбите пленот од него и неговиот добиток. Постави му на градот заседа од зад грб.”\n3 Се подготви Исус да нападне на Гај и сите воини со него. Избра триесет илјади јунаци и ги испрати ноќе;\n4 им даде заповед: „Внимавајте! Ќе отидете во заседа на градот од зад грб, ама да не бидете предалеку од градот, и бидете сите подготвени.\n5 А јас и сиот народ, кој ме придружува, ќе му се доближиме на градот; и кога луѓето од Гај ќе излезат пред нас, ние ќе избегаме, како и порано, пред нив.\n6 Тие ќе тргнат по нас додека не ги одведеме од градот, зашто ќе мислат: ‘Бегаат пред нас како и порано.’ И така ние ќе избегаме пред нив.\n7 Тогаш излезете од заседата и заземете го градот: Господ, нашиот Бог, ќе ви го предаде во рацете.\n8 Штом ќе го освоите градот, изгорете го со оган. Направете го тоа според Господовата заповед. Внимавајте, тоа ви го заповедав.”\n9 Исус ги испрати, и тие отидоа во заседа па се сместија меѓу Ветил и Гај, западно од градот. А Исус ја помина ноќта меѓу народот.\n10 Рано наутро Исус го преброи народот и тргна со Израелевите старешини пред народот против Гај.\n11 Сите војници тргнаа со него, и кога му се приближија на градот, се влогорија северно од Гај, така што меѓу нив и местото беше рамница.\n12 Исус зеде околу пет илјади луѓе и постави заседа меѓу Ветил и Гај, од западната страна на градот.\n13 А народот се смести во логорот, што беше северно од градот, додека неговата заштитница беше западно од градот. Исус пак ја помина ноќта среде долината.\n14 Кога сè тоа го виде гајскиот цар, побрза па излезе тој и сиот негов народ низ надолништето спроти Араба, во бој против Израел. А не претчувствуваа ни дека е наместена заседа зад градот.\n15 Тогаш Исус и сиот Израел почнаа да бегаат како да ги победија. И бегаа по патот кон пустината.\n16 На тоа Гајците ги повикаа сите од градот и тргнаа во потера по нив, и гонејќи го Исуса се оддалечија од градот.\n17 И не остана никој во Гај и Ветил што не тргнал по Израелците. Го оставија градот отворен и ги гонеа Израелците.\n18 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Замавни со копјето, што ти е во раката, кон Гај: ти го предавам во рацете.” И Исус го подигна копјето што му беше во раката, и замавна кон градот.\n19 И тукушто ја крена раката, луѓето од заседата се кренаа и се растрчаа кон градот, го освоија и веднаш го запалија со оган.\n20 Кога оние од Гај се обѕрнаа, имаа што да видат: дим се дигаше од градот кон небото. И никој од нив немаше каде да избега ни таму ни ваму. Тогаш народот што бегаше кон пустината се сврте кон гонителите.\n21 Откако Исус и сиот Израел видоа дека заседата го зазеде градот и дека се крева чад од градот, се вратија и удрија на луѓето од Гај.\n22 Нивните им излегоа во пресрет од градот, и така оние од Гај се најдоа среде Израелците, опколени и од едната и од другата страна: беа погубени така што ниеден не остана жив, ниту избега.\n23 А гајскиот цар го фатија жив и го доведоа при Исуса.\n24 Кога Израелците ги погубија сите жители на Гај на отворено поле, и во пустината, кон каде ги гонеа, и кога сите паднаа од меч, Израелците се вратија во Гај и сосекоа со меч сè што беше во него.\n25 Беа дванаесет илјади оние кои изгинаа тој ден, мажи и жени - сиот Гај.\n26 Исус не ја спушти раката со која замавна со копјето, сè додека не беа погубени сите жители на Гај.\n27 Само добитокот и пленот од оној град Израелците ги поделија меѓу себе, како што Господ му нареди на Исуса.\n28 Исус го опожари Гај и го направи урнатина засекогаш, пусто место до денес.\n29 Го обеси гајскиот цар на дрво до вечерта. При зајдисонце Исус нареди да го симнат трупот од дрвото, го фрлија пред градската врата и нафрлија врз него голем куп камења, што стои и денес.\n30 Тогаш Исус му подигна жртвеник на Господа, на Израелевиот Бог, на гората Евал,\n31 како што им заповеда Мојсеј, Господовиот слуга, на сите Израелеви синови, и како што е напишано во Мојсеевата книга на Законот: жртвеник од груби камења, неделкани со железо. На него Му беше принесена на Господа жртва паленица и помирителни приноси.\n32 Таму на камењето Исус го препиша Мојсеевиот Закон, што беше напишан за Израелевите синови.\n33 И сиот Израел и неговите старешини, народните главатари и судии, придојдениците и домашни, застанаа од двете страни на Ковчегот, спроти свештениците и левитите, кои што го носеа Ковчегот на Господовиот Завет - половината кон гората Гаризин, а половината кон гората Евал - за да биде благословен Израелевиот народ според Законот што го заповеда Мојсеј, Господовиот слуга.\n34 Тогаш Исус го прочита секој збор на Законот, благословот и проклетството, сè како што е напишано во книгата на Законот.\n35 Исус не испушти ниту една Мојсеева наредба, туку сите ги прочита пред соборот на сите Израелци, пред жените, децата и придојдениците кои одеа со нив.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 927, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6621", "title": "Книга на Исус Невин/ 18 глава", "text": "1 Се собра заедницата на Израелевите синови во Сило, и таму го оптегнаа Шаторот на средбата. Сета земја им се покори.\n2 Но меѓу Израелевите синови останаа уште седум племиња, кои не го примија своето наследство.\n3 Тогаш Исус им рече: „До кога ќе се двоумите да тргнете и да ја земете во сопственост земјата што ви ја даде Господ, Бог на вашите татковци?\n4 Изберете по тројца луѓе од секое племе, а јас ќе ги испратам да ја опишат сета земја за делба. Кога ќе се вратат при мене\n5 ќе ја поделам земјата на седум делови. Јуда нека остане во своето подрачје на југ, а Јосифовиот дом нека остане на својот крај на север.\n6 А вие опишете ја земјата на седум делови и донесете ми тука, за да фрлам жрепка за вас тука пред Господа, нашиот Бог.\n7 Левитите не ќе имаат дел меѓу вас, зашто Господовото свештенство е нивно наследство; а Гад, Рувим и половината од Манасиевото племе го примија своето наследство на источната страна на Јордан - она што им го даде Мојсеј, Господовиот слуга.”\n8 Луѓето се подготвија за пат, а Исус им заповеда на оние кои тргнаа да ја опишат земјата: „Отидете и обиколете ја сета земја и опишете ја, па тогаш вратете се кај мене за да фрлам жрепка тука пред Господа во Сило.”\n9 Тие луѓе отидоа, поминаа низ земјата и ги запишаа во книга сите градови во седум делови, па се вратија кај Исуса во логорот во Сило.\n10 А Исус фрли за нив жрепка во Сило пред Господа, и таму им ја раздели Исус земјата на Израелевите синови според нивните племенски делови.\n11 И жрепката му падна на племето на Венијаминовите синови според нивните родови: се утврди дека нивниот дел е меѓу делот на Јудините синови и на Јосифовите синови.\n12 Северната меѓа им се тегнеше од Јордан па излегуваше покрај северната стрмина на Ерихон, се искачуваше од запад на гората и завршуваше во пустината Вет-Авен.\n13 Оттаму одеше кон Луз, односно Ветил; потоа се спушташе во Атарот-Адар, покрај брдото што е јужно од Долниот Вет-Орон.\n14 Натаму меѓата завиваше и свршуваше од запад кон југ, од гората што се издига спроти Вет-Орон од југ, и завршуваше кај Киријат-Вал, денес Киријат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна.\n15 Јужната страна почнуваше од границите на Киријат-Јарим, па се тегнеше на запад кон изворот Нефтој,\n16 потоа меѓата се спушташе до крајот на гората што е спроти долината на Еномовиот син на север на Рафаимската низина, потоа слегуваше во долината Еном покрај Јевусејската Стрмина и стигаше до изворот Ен-Рогил.\n17 Потоа свртуваше од север па излегуваше на Ен-Семес и го допираше Галилот, што се издига спроти Адумимското Нагорниште, и слегуваше на Каменот Воан, на Рувимовиот син.\n18 Потоа поминуваше по стрмината од северната страна на Вет-Арава и слегуваше до Арава.\n19 Натаму меѓата течеше покрај стрмината Вет-Огла кон север и свршуваше на северниот залив на Соленото Море, до јужниот крај на Јордан. Тоа е јужната меѓа.\n20 Јордан пак беше меѓа на источната страна. Тоа е наследството на Венијаминовите синови, со нивните меѓи наоколу според нивните семејства.\n21 Градовите на племето на Венијаминовите синови според нивните родови се: Ерихон, Вет-Огла, Емек-Кесис;\n22 Вет-Арава, Семараим, Ветил;\n23 Авин, Фара, Офра;\n24 Хефар-Амона, Офниј и Гава: дванаесет градови со своите села.\n25 Гаваон, Рама, Вирот;\n26 Миспа, Хефира, Моса;\n27 Рекем, Ирфаил, Тарала;\n28 Сила, Елеф, Јевус (тоа е Ерусалим), Гават и Киријат: четиринаесет градови со своите села. Тоа е наследството на Венијаминовите синови според нивните родови.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 605, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6631", "title": "Книга на Исус Невин/ 23 глава", "text": "1 Поминаа многу денови откако Господ му даде на Израел да се одмори од сите непријатели наоколу. И Исус беше остарел, навлегол во години.\n2 Затоа Исус ги повика сите Израелци, старешините, главатарите, судиите и управителите нивни, и им рече: „Остарев и напреднав во годините.\n3 Вие бевте сведоци на сè што Господ, вашиот Бог, пред ваши очи, им направи на сите народи заради вас: Господ, вашиот Бог, се бореше за вас.\n4 Видете, ви ги разделив вам со жрепка во наследство на вашите племиња сите народи што останаа, и сите оние народи што ги истребив од Јордан до Големото Море на запад.\n5 Господ, вашиот Бог, сам ќе ги гони пред вас и ќе ги истера од пред вас, и ќе ја завладеете нивната земја, како што ви вети Господ, вашиот Бог.\n6 И така, бидете постојани и сè поцврсти во тоа да го пазите и вршите сè тоа што е напишано во Книгата на Мојсеевиот Закон, и да не отстапете од тоа ни десно ни лево.\n7 Не мешајте се со тие народи кои останаа меѓу вас; и не спомнувајте ги имињата на нивните богови ниту се колните во нив; не служете им и не клањајте им се.\n8 Туку држете се до Господа, својот Бог, како што правевте до денес.\n9 Господ, изгони од пред вас големи и силни народи, и никој до денес не можеше да устои пред вас.\n10 Еден од вас тераше пред себе илјада зашто Господ, вашиот Бог, се бореше за вас, како што ви вети.\n11 Внимателно пазете да го љубите Господа, вашиот Бог, зашто се работи за вашиот живот.\n12 Зашто ако се одметнете и се долепите до остатокот на оние народи, кои останаа меѓу вас, и ако се поврзете со нив и се измешате со нив и тие со вас,\n13 знајте добро дека Господ, вашиот Бог, ќе прекрати да ги гони тие народи од пред вас; тие ќе ви станат стапица и мрежа, ќе им бидат бич на вашите слабини и трње во вашите очи, сè додека не се иселите од оваа добра земја што ви ја дава Господ, вашиот Бог.\n14 Еве, јас тргнувам денес на пат каде одат сите на земјата. Знајте и признајте со сето свое срце и со сета своја душа: ниедно од овие ветувања, кои ви ги даде Господ, вашиот Бог, нема да остане неисполнето.\n15 И како што ви се исполнило секое ветување, што ви го даде Господ, вашиот Бог, така Господ, ќе ја исполни секоја закана додека не ве избрише од лицето на оваа добра земја, која ви ја даде Господ, вашиот Бог.\n16 Ако го прекршите сојузот што Господ, вашиот Бог, го склучи со вас; ако им служите на други богови и им се клањате, ќе избувне Господовиот гнев против вас, и скоро ќе ве снема од добрата земја, која ви ја даде Господ.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_23_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 478, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6619", "title": "Книга на Исус Невин/ 17 глава", "text": "1 Со жрепка му падна и делот на Манасиевото племе, зашто Манасиј беше Јосифов првенец. На Махир, Манасиевиот првенец, Галадовиот татко - тој беше воин - му припаднаа Галад и Васан.\n2 Свој дел добија и другите Манасиеви синови според своите семејства: синовите Авиезерови, синовите Хелекови, синовите Азрилови; синовите Сихемови, синовите Еферови и синовите Семидини. Тоа се машките потомци на Манасиј, Јосифовиот син, според своите семејства.\n3 А Салпад, синот Еферов, синот Махиров, синот Манасиев, немаше синови, туку само ќерки. Еве им ги имињата: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса.\n4 Тие дојдоа пред свештеникот Елеазар и пред Исуса, Навиновиот син, и пред главатарите, говорејќи: „Господ му заповеда на Мојсеја да ни се даде и нам наследство меѓу нашите браќа.” И им дадоа по Господовата заповед наследство меѓу браќата на нивниот татко.\n5 Така му припаднаа десет делови на Манасиј, освен земјата Галадска и Васанска, што се од онаа страна на Јордан.\n6 Манасиевите ќерки добија наследство меѓу своите синови, а галадската земја им припадна на другите Манасиеви синови.\n7 Манасиевата меѓа одеше од Асир до Михмет, што лежи спроти Сихем, а потоа свртуваше десно до жителите на Ен-Тафуј.\n8 Покраината Тафуј му припаѓаше на Манасиј, но самиот Тафуј на Манасиевата меѓа им припаѓаше на Ефремовите синови.\n9 Меѓата влегуваше до потокот Кана. Јужно од потокот беа и овие градови што им припаѓаа на Ефремовите синови од Манасиевите градови; А Манасиевата земја се наоѓаше на север и излегуваше на море.\n10 Подрачјето на југ му припаѓаше на Ефрем, на север на Манасиј, а морето им беше меѓа; на север граничеа со Асир, а на исток со Исахар.\n11 На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја.\n12 Но Манасиевите синови не можеа да ги освојат тие градови, и затоа Ханаанците останаа во тој крај.\n13 Но кога Израелевите синови зајакнаа, им наметнаа на Ханаанците данок, ама не успеаја да ги протераат.\n14 Тогаш Јосифовите синови му се обратија на Исуса и прашаа: „Зошто ни даде во наследство според една жрепка, само еден дел, кога сме многубројни и Господ нè благословуваше досега?”\n15 Исус им одговори: „Штом сте многуброен народ, отидете во горите и расчистете си таму земја во ферезејската и рафајската околија, ако ви е претесна Ефремовата Гора.”\n16 А Јосифовите синови рекоа: „Оваа гора не ќе ни биде достатна, а сите Ханаанци кои живеат во рамницата имаат железни коли, тие што се во Вет-Сан и во нивните села, и тие што се во Езраелската Долина.”\n17 Тогаш Исус му одговори на Јосифовиот, и Ефремовиот и Манасиевиот дом: „Вие сте многуброен народ и имате голема сила. Затоа не ќе добиеш само една жрепка:\n18 гората нека биде твоја. Ако е со дрва, исечи ги, па стрмината ќе биде сопственост на твојот дом. Ќе ги изгониш безбедно Ханаанците и ако имаат железни коли, и ако се јаки.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 497, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6611", "title": "Книга на Исус Невин/ 13 глава", "text": "1 Кога Исус остаре и напредна во своите години, Господ му рече: „Веќе си стар и времен, а остана многу земја за да се освои.\n2 Еве ги подрачјата што уште остануваат: сите филистејски покраини и сета гесурска земја;\n3 од Сиор, што е пред Египет, сè до границата на Акарон на север, а се смета како подрачје на Ханаанците; пет филистејски кнежевства: Газа, Азот, Аскалон, Гет и Акарон; потоа Авејците\n4 на југ. Сета ханаанска земја од Меар што им припаѓа на Сидонците, па до Афек и до аморејската меѓа;\n5 тогаш земјата на Гивлејците и сиот Ливан кон исток, од Вал-Гад во подножјето на гората Ермон до преминот Емат.\n6 Ќе ги истерам пред Израелевите синови сите жители на подгорјето, од Ливан до Мисрефот на запад - ќе ги истерам сите Сидонци пред Израелевите синови, само раздели му ја на Израел во наследство земјата, како што ти заповедав.\n7 И така раздели ја таа земја во наследство меѓу деветте племиња и половината од Манасиевото племе.”\n8 Другата половина од Манасиевото племе, а со неа и племето Рувимово и Гадово, го примија своето наследство, што им ја даде Мојсеј преку Јордан, на исток. Мојсеј, Господовиот слуга, им додели вака:\n9 од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот во средината на долината, сета висорамнина од Медев до Девон;\n10 сите градови на Сион, царот аморејски, кој владееше во Есевон, сè до меѓата на Амоновите синови;\n11 и Галад, и гесурската и махатската краина со сета гора Ермон, и сиот Васан до Салха;\n12 а во Васан сето царство на Ог, кој владееше во Астарот и Едраин и беше последен потомок на Рафајците. Мојсеј ги победи и ги протера.\n13 Ама Израелевите синови не ги истераа Гесурците и Махатците од средината на Израелците сè до денешниот ден.\n14 Само на Левиевото племе не му даде наследство: Господ, Израелевиот Бог, е негово наследство, како што му рече.\n15 Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.\n16 Ја примија земјата од Ароир, што лежи на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во средината на долината, и сета висорамнина кај Медева;\n17 Есевон со сите негови градови кои лежат на висорамнината: Девон, Вамот-Вал, Вет-Вал-Меон;\n18 Јаса, Кадим, Мифат;\n19 Киријатаим, Сивма, Зарет-Сар на гората над долината;\n20 Вет Фегот, Аздот Фазга, Вет Есимот;\n21 сите градови на висорамнината и целото царство на Сион, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон. Мојсеј го победи како и мадијамските кнезови: Евија, Рекема, Сур, Ур, Рева, Сионови првенци кои живееја во таа земја;\n22 и вражалецот Валаам, Веоровиот син, го убија Израелевите синови со острилото на мечот со другите жртви.\n23 Меѓник на Рувимовите синови им беше Јордан. Тоа беше наследството на Рувимовите синови според нивните семејства: нивните градови и села.\n24 Тогаш му даде Мојсеј на Гадовото племе, на Гадовите синови, делови според нивните семејства.\n25 Ги примија во сопственост: Јазир и сите галадски градови, половината од земјата на Амоновите синови сè до Ароир, спроти Рава,\n26 и од Есевон до Рамот Миспа и Ветоним, и од Маханаим до покраината Ло-Девир;\n27 а во долината: Вет Арам, Вет Нимра, Сокот и Сафон, односно остатокот на царството на Сион, есевонскиот цар; Јордан со брегот сè до крајот на Хинеротското Море, на источната страна на Јордан.\n28 Тоа е наследството на Гадовите синови, според нивните семејства, нивните градови и села.\n29 Мојсеј и даде дел на половината на Манасиевото племе според неговите семејства.\n30 Ги добија во сопственост: земјата од Махан, сиот Васан, сето царство на Ог, васанскиот цар, и сите Јаирови села, што се во Васан - шеесет градови.\n31 А половината на Галад, Астарот и Едраин, градовите на Оговото царство во Васан, им припаднаа на синовите на Махир, Манасиевиот син, и тоа половина на Махировите синови според нивните семејства.\n32 Така Мојсеј ги подели наследствата во Моавските Полиња, од другата страна на Јордан, источно од Ерихон.\n33 Мојсеј не му даде наследство на Левиевото племе: Господ, Израелевиот Бог, е нивното наследство, како што им рече Сам.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 681, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6645", "title": "Книга на израелеви судии/ 5 глава", "text": "1 Во тој ден Девора и Варак, синот Авиноамов, ја запеаја оваа песна:\n2 ”Борбено ги растурија коските израелските борци; и народот тргна доброволно: Благословувајте Го Господа!”\n3 ”Чујте, о цареви! Послушајте, кнезови! Јас му пеам песна на Господа, јас Го славам Господа, Израелевиот Бог.”\n4 ”Господи, кога слегуваш од Сир, кога чекореше победнички низ Едомските Полиња, сета земја се тресеше, небесата лееја, облаците врнеа со дожд.\n5 Горите се тресеа пред Тебе, о Господи, самиот Синај од присуството на Господа, Израелевиот Бог!”\n6 ”Во деновите на Самегар, синот Анатов, во деновите на Јаила запустеа патиштата; и оние кои што патуваа, обиколуваа наоколу.\n7 Водачите престанаа во Израел, престанаа додека не станав јас, Девора, додека не станав како мајка на Израел.\n8 Си избраа туѓи богови и затоа војната им застана пред вратата. За пет градови немаше ни еден штит! Ниеден цар за четириесет илјади во Израел!\n9 Моето срце чука за израелските водачи, за народот што доброволно тргнува во бој! Благословувајте Го Господа!”\n10 ”Вие, кои јавате на бели ослици, седејќи на меки постелки, и вие кои одите по патиштата, пејте,\n11 покрај извиците на развеселените пастири кај поилата. Нека бидат славени Господовите добротворства и Неговото владеење со Израел! И Господовиот народ слезе на вратата.”\n12 ”Разбуди се, Деворо, стани! Стани, запеј песна! Храбро, стани, Вараку, води ги во робје своите поробувачи, сине Авиноамов!”\n13 ”Тогаш слезе остатокот од луѓето против благородните: Господ слезе со мене против крепките.\n14 Од Ефрема затекоа кон долината, по нив, Венијамин стигна меѓу твоите. Од Махир настапуваат началниците, од Завулон оние што носат заповеднички жезал.\n15 Исахаровите кнезови беа со Девора, и Исахар, исто, тргна со Варака, побрза да го стигне во долината. Кај Рувимовите Потоци се советуваат долго.\n16 Зошто остана меѓу трлата за да ги слушаш блеењата на стадата? Кај Рувимовите Потоци се советуваа долго.\n17 Галад мируваше отаде Јордан. А зошто е Дан на туѓински бродови? Зошто Асир седи на брегот на морето? и мируваше во своите пристаништа?\n18 Завулон е народ што и ја вети душата на смртта, и Нефталим на висорамнините.”\n19 ”Дојдоа цареви, војуваа, бој водеа ханаанските цареви, во Танаха, во Мегидската Вода, но не добија ни малку сребро.\n20 Од небесните врвици војуваа, војуваа ѕвездите против Сисара.\n21 Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кедумим, поток Кисон. Цврсто гази, моја душо!\n22 Тогаш се кршеа коњските копита, од трчањето, од трчањето на јунаците.\n23 ’Проколнете го Мироз, - рече Господовиот Ангел, - проколнете ги, проколнете ги, неговите жители, зашто не Му дојдоа на помош на Господа, на помош на Господа со храбрите.’”\n24 ”Благословена да е меѓу жените Јаила, жената на Кенеецот Хевер, нека биде славена меѓу жените во шаторите!\n25 Тој побара вода, таа му даде млеко, во скапоцена чинија му даде кравја маст.\n26 Со левата рака посегна по колот, а со десната по ковачкиот чук. Го удри Сисара, му ја расцепи главата, му ја продупчи, му ја скрши слепоочницата.\n27 падна до нозете, се одвали, легна, и падна до нозете, се сруши; и каде падна, остана мртов.”\n28 ”Низ прозорец гледа Сисарината мајка, низ прозорец наѕира, до решетката вика: ‘Колесницата не му се враќа долго: зошто им е толку бавна запрегата?’\n29 Најмудрата дворјанка и зборува, сама себе си одговара:\n30 ’Плен најдоа па го делат: по девица на војник, по девица и по две, пленета разнобојна облека за Сисара, везена од двете страни, симната од плеќи на пленик!’”\n31 ”Господи, така нека гинат сите Твои непријатели! А оние кои Те љубат нека бидат, како сонце, кога изгрева со сета своја сила!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 591, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6615", "title": "Книга на Исус Невин/ 15 глава", "text": "1 Делот што му припадна на племето на Јудините синови, според нивните семејства, беше кон едомската граница, на југ до Цинската пустина, на крајниот југ.\n2 А нивната јужна меѓа одеше од крајот на Соленото Море, од заливот што е на југ;\n3 тогаш излегуваше јужно од Акравимското Нагорниште, се тегнеше преку Цин и се искачуваше јужно од Кадис Варни, преминуваше преку Есрон, се качуваше кон Адар и оттаму свртуваше кон Карк;\n4 потоа преминуваше преку Аселмон и допираше до Египетскиот Поток и најпосле излегуваше на море. Тоа ви е јужната меѓа.\n5 Меѓата кон исток беше: Соленото Море до крајот на Јордан. Северната меѓа почнуваше од Соленото Море, кај заливот на Јордан.\n6 Оттаму меѓата се искачуваше во Ветагла, минуваше северно од Вет-Арава, одеше горе на Каменот Воана, на Рувимовиот син.\n7 Потоа меѓата се креваше од Ахорската долина кон Давира, вртеше на север кон Галгал, што лежи спроти Адумимското Нагорниште, јужно од потокот; меѓата поминуваше натаму кон водите на Ен-Семес па излегуваше кај Ен-Рогел.\n8 Оттаму преку долината Бен-Еном се креваше од југ кон Евуската Стрмина, односно кон Ерусалим. Потоа се искачуваше на врвот на гората, што на запад гледа кон Еном и лежи на северниот крај на долината Рафаим.\n9 Од врвот на таа гора меѓата завртуваше кон изворот Нефтој па излегуваше спроти градовите на гората Ефрон, потоа да сврти кон Вал, потоа кон Киријат-Јарим.\n10 Од Вал меѓата завиваше на задад кон гората Сир и тогаш, поминувајќи северно од гората Јарим, односно Хасалон, се спушташе во Вет-Семес па одеше кон Тамна.\n11 Натаму меѓата продолжуваше кон северната стрмина на Акарон, завртуваше кон Сикрон, ги поминуваше висовите на Вал, се тегнеше до Јавнил, за да излезе конечно на море.\n12 Западната меѓа е Големото Море со брегот. Тоа беа земјите на Јудините синови, наоколу, според нивните семејства.\n13 Халев, Ефониевиот син, прими дел меѓу Јудините синови, како што Господ му нареди на Исуса. Му ја даде Киријат-Арва, главниот град на Енаковите синови - Хеврон.\n14 Халев истера оттаму три Енакови синови: Сесај, Ахиман и Талмај, Енакови потомци.\n15 Оттаму тргна против жителите на Девир, што некогаш се викаше Киријат-Сефер.\n16 Тогаш Халев рече: „Кој ќе го покори и ќе го заземе Киријат-Сефер, ќе му ја дам својата ќерка Ахса за жена.”\n17 Го зазеде Готонил, синот на Кенеза, брат Халевов; и Халев му ја даде својата ќерка Ахса за жена.\n18 Кога дојде кај мажот, тој ја наговори да побара имот од татка си. Таа слезе од ослето, а Халев ја праша: „Што сакаш?”\n19 Таа одговори: „Дај ми благослов! Кога ми го даде Негев, дај ми и некои водни извори.” И тој и ги даде Горните и Долните извори.\n20 Тоа беше наследството на племето на Јудините синови според нивните семејства.\n21 Градови меѓници на племето на Јудините синови, вдолж на едомската меѓа беа: Кавсеил, Едер, Јагур;\n22 Кина, Димона, Адада;\n23 Кадес, Асор, Итнан;\n24 Зиф, Телем, Валот;\n25 Нов Асор, Киријат-Есрон (односно Асор);\n26 Амам, Сама, Молада;\n27 Асар-Гада, Есемон, Вет-Фалет;\n28 Асар-Суал, Вир-Савеа, Визиотија;\n29 Вала, Им, Асем;\n30 Елтолад, Хесил, Орма;\n31 Сиклаг, Мадмана, Сансана;\n32 Леваот, Силеим, Аин и Римон: вкупно дваесет и девет градови со своите села.\n33 Во долината: Естаол, Сараја, Асна;\n34 Заној, Ен Ганим, Тафуј, Инам;\n35 Јармут, Одолам, Сохо, Азика;\n36 Сагарим, Адитаим, Гедира, Гедиротаим: четиринаесет градови со своите села.\n37 Сенан, Адаса, Мигдал-Гад;\n38 Дилан, Миспа, Јоктеил;\n39 Лахис, Васкат, Еглон;\n40 Хавон, Ламас, Хитлис;\n41 Гедирот, Вет-Дагон, Нама, Макида: шеснаесет градови со своите села.\n42 Ливна, Етер, Асан;\n43 Јефта, Асна, Несив;\n44 Кеила, Ахзив и Мариса: девет градови со своите села.\n45 Акарон со населбите и со своите села;\n46 од Акарон па до морето, сè што се наоѓа покрај Азот, со своите села;\n47 Азот со населбите и со своите села; Газа со населбите и со своите села до Египетскиот Поток и до Големото Море, кое е меѓа.\n48 А во Гората: Самир, Јатир, Сохо;\n49 Дана, Киријат Сана (тоа е Давир);\n50 Анав, Естемон, Аним;\n51 Госен, Олон, Гилон: единаесет градови со своите села.\n52 Арав, Дума, Есан;\n53 Јанум, Вет-Тафуј, Афека,\n54 Хумата, Киријат-Арва (односно Хеврон), Сиор: девет градови со своите села.\n55 Маон, Кармел, Зиф, Јута;\n56 Језраел, Јокдеам, Заноја;\n57 Акаин, Гаваја, Тамна: десет градови со своите села.\n58 Алул, Вет-Сур, Гедор;\n59 Марат, Вет-Анот, Елтекон: шест градови со своите села.\n60 Киријат-Вал (односно Киријат Јарим) и Рава: два града со своите села.\n61 Во пустината: Вет-Арава, Мидин, Сехах;\n62 Нивсан, Солениот Град и Ен-Гади; шест градови со своите села.\n63 А Евусејците, кои живееја во Ерусалим, Јудејците не можеа да ги истераат. Така останаа со Јудините синови во Ерусалим, сè до денес.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 802, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6637", "title": "Книга на израелеви судии/ 1 глава", "text": "1 После смртта на Исуса Израелевите синови Го прашаа Господа: „Кој од нас ќе тргне прв на Ханаанците за да се бори против нив?”\n2 А Господ одговори: „Јуда нека отиде прв; ја предавам земјата во неговата рака.”\n3 Тогаш Јуда му рече на брата си Симеона: „Дојди со мене во земјата што ми е доделена во наследство - ќе војуваме против Ханаанците, а потоа јас ќе се борам покрај тебе во твојата земја.” И Симеон отиде со него.\n4 Јуда отиде, и Господ им ги предаде во рацете Ханаанците и Ферезејците, и погубија во Везек десет илјади луѓе.\n5 Во Везек го најдоа Адони- Седек, удрија на него, и ги поразија Ханаанците и Ферезејците.\n6 Кога Адони-Седек почна да бега, го гонеа, го фатија и му ги отсекоа палците на рацете и нозете.\n7 Тогаш Адони-Седек рече: „Седумдесет цареви, со отсечени палци на рацете и на нозете, собираа трошки под мојот стол. Како што правев, така Бог ми враќа.” Го одведоа во Ерусалим, и таму умре.\n8 Потоа Јудините синови војуваа против Ерусалим, го освоија, ги погубија со меч жителите и го изгореа градот.\n9 После тоа Јудините синови тргнаа да се борат против Ханаанците, кои живееја во Горјето, во Негев и во Шефел.\n10 И Јуда отиде против Ханаанците, кои живееја во Хеврон - на Хеврон некогаш името му беше Киријат Арва - и таму ги поразија Сесаја, Ахимана и Талмаја.\n11 Оттаму отиде против жителите на Давир, што некогаш беше викан Киријат-Сефер.\n12 И Халев рече: „Кој ќе го покори и ќе го заземе Киријат-Сефер, ќе му ја дадам својата ќерка Ахса за жена.”\n13 Го зазеде Готонил, син Кенезов, помалиот брат Халевов, и Халев му ја даде својата ќерка Ахса за жена.\n14 Кога му пријде на мажот, тој ја наговори да бара полиња од татка си. Таа слезе од ослето, а Халев ја праша: „Што сакаш?”\n15 Таа му одговори: „Дај ми благослов! Кога ми даде крај во Негев, дај ми тогаш и некои извори.” И Халев и ги даде Горните и Долните Извори.\n16 Синовите на Кенеецот Јотор, Мојсеевиот дедо, отидоа од Палминиот Град со Јудините синови во Јудината Пустина, што е во Негев, на југ од Арад. Таму се населија меѓу Амаликците.\n17 Потоа Јуда отиде со братот Симеон и ги погубија Ханаанците кои живееја во Сефат, и го предадоа на „херем”, на проклетство. Заради тоа градот беше наречен Орма (Истребување).\n18 Исто Јуда успеа да ги заземе: Газа со нејзиното подрачје, Аскалон со неговото подрачје и Акарон со неговото подрачје.\n19 Господ беше со Јуда, па тој го освои Горјето, но не можеше да ги изгони оние во низината, зашто имаа железни коли.\n20 Како што беше одредил Мојсеј, Хеврон му го дадоа на Халев, кој изгони оттаму три Енакови сина.\n21 А Венијаминовите синови не успеаја да ги изгонат Евусејците, кои живееја во Ерусалим, и така Евусејците останаа во Ерусалим со Венијаминовите синови до денешен ден.\n22 И Јосифовото племе тргна против Ветил, и Господ беше со нив.\n23 И Јосифовото племе почна да го согледува Ветил. Градот беше викан некогаш Луз.\n24 Согледувачите забележија човек како излегува од градот и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, па ќе ти бидеме милостиви.”\n25 Тој им го покажа влезот во градот. И исекоа сè со меч во градот, а оној човек го пуштија да си отиде со сето негово семејство.\n26 Човекот отиде во земјата на Хетејците, и таму изгради град и го нарече Луз. Така се вика уште и денес.\n27 Манасиј не ги освои Вет-Сан и неговите села, ни Тахана и нејзините села. Не ги изгони ни жителите од Дора и од неговите села, ни жителите на Ивлеам и на неговите села, ни жителите на Мегида и на нејзините села. Така Ханаанците останаа и живееја во земјата.\n28 Кога Израел зајакна, им наметна данок на Ханаанците, но не можеше да ги истера.\n29 Ни Ефрем не ги истера Ханаанците, кои живееја во Гезер, така што тие Ханаанци живееја тука меѓу нив.\n30 Завулон не ги истера жителите на Китрон ни жителите на Налол. Така Ханаанците останаа среде Завулоновите синови, но им беше наметнат данок.\n31 Ни Асир не ги изгони жителите на Акон, ни жителите на Сидон, ни оние од Алав, ни од Ахазив, ни од Халва, ни од Афика, ни од Реова.\n32 Така Асирците останаа меѓу Ханаанците, жителите на таа земја, зашто не ги истераа.\n33 И Нефталим не ги изгони жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат, туку живееше меѓу Ханаанците кои ја населуваа таа земја, ама им наметнаа данок на жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат.\n34 Аморејците ги истиснаа Дановите синови во гората, и не ги пуштаа да слезат во рамницата.\n35 Аморејците се задржаа во гората Ерес, во Ајалон и во Салвим, но кога зајакна раката на Јосифовиот дом, им беше наметнат данок.\n36 Подрачјето на Едомците се простира од Акравимското Нагорниште, до Стената и нагоре.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_1_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 824, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6639", "title": "Книга на израелеви судии/ 2 глава", "text": "1 Господов ангел дојде од Галгал во Бохиме и рече: „Ве изведов од Египет и ве доведов во земјата што ви ја ветив, заколнувајќи им се на вашите татковци. Реков: ‘Нема да го раскинам Мојот Завет со вас довека.\n2 А вие не склучувајте сојуз со жителите на оваа земја; туку разурнувајте ги нивните жртвеници!’ Но вие не го послушавте Мојот глас. Што направивте!\n3 Затоа ви велам: ‘Не ќе ги изгонам пред вас. Туку, тие ќе ве угнетуваат, и нивните богови ќе ви бидат стапица.’”\n4 Кога Господовиот ангел им ги кажа тие зборови на сите Израелци, народот извика гласно и заплака.\n5 И така, тоа место го нарекоа Бохим, и таму Му принесоа жртви на Господа.\n6 Кога Исус го распушти народот, Израелевите синови се разотидоа секој во своето наследство, за да ја земат во сопственост земјата.\n7 Народот Му служеше на Господа во текот на сиот Исусов век и во текот на сиот век на старешините, кои го надживееја Исуса и ги видоа сите големи дела што Господ ги направи за Израел.\n8 Исус, Навиновиот син, Господов слуга, умре на возраст од сто и десет години.\n9 Го погребаа во крајот што го наследи во Тамнат-Арес, во Ефремовата Гора, северно од планината Гаш.\n10 А кога сето она поколение им се придружи на своите татковци, го наследи друго поколение, што не Го познаваше Господа ни за делата што ги направил за Израел.\n11 Тогаш Израелевите синови почнаа да прават што не Му е по волја на Господа, и им служеа на Ваалите.\n12 Го оставија Господа, Бога на своите татковци, кој ги изведе од Египетската Земја, и тргнаа по други богови, меѓу боговите на околните народи. Им се поклонуваа, Го разгневија Господа.\n13 Отпаднаа од Господа за да им служат на Ваал и на Астарта.\n14 Затоа Господ го излеа Својот гнев на Израел: ги остави на ограбувачите да ги ограбуваат, им ги предаде на непријателите наоколу, така што не можеа да им се спротиват.\n15 Што и да почнеа, Господовата рака се свртуваше против нив за нивна несреќа, како што им рече Господ и како што им се заколна. И така паднаа во голема неволја.\n16 Тогаш Господ почна да им издига судии, за да ги избавуваат од рацете на оние што ги ограбуваа.\n17 Но тие не ги слушаа ни своите судии, туку изневеруваа со други богови и им се поклонуваа. Бргу се отклонија од патот по кој одеа нивните татковци слушајќи ги Господовите заповеди; тие не правеа така.\n18 Кога им воздигаше судии, Господ беше со секој судија па ги избавуваше од рацете на нивните непријатели во текот на сиот век на судијата, зашто Му беше жал на Господа колку воздивнуваа под јаремот на оние кои ги угнетуваа.\n19 А кога ќе умреше судијата, тие пак паѓаа во поголема расипаност отколку нивните татковци. Одеа по други богови, им служеа и им се поклонуваа, не отстапувајќи од своите опаки дела и постапки.\n20 Тогаш Господ пламна со гнев против Израел и рече: „Затоа што овој народ го престапи Мојот Завет, што Јас го воспоставив со нивните татковци, и не го послушаа Мојот глас,\n21 ни Јас отсега нема да изгонам пред нив ниеден од народите што Исус ги остави по својата смрт,” -\n22 за да го стави со нив на искушение Израел: дали ќе ги пазат или не Господовите патишта, како што ги пазеа нивните татковци.\n23 Затоа Господ ги остави тие народи, и не ги изгони веднаш ниту ги предаде во рацете на Исуса.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 586, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6605", "title": "Книга на Исус Невин/ 10 глава", "text": "1 А кога ерусалимскиот цар Адони-Седек чу дека Исус го зазеде Гај и дека го предаде на проклето уништување, како што направи со Ерихон и со неговиот цар, и дека жителите на Гаваон склучиле мир со Израел и се вклучиле меѓу нив,\n2 многу се исплаши, зашто Гаваон беше значаен како некаков царски град, поголем од Гај, а сите негови жители беа храбри борци.\n3 Затоа ерусалимскиот цар Адони-Седек им порача на Оам, хевронски цар, на Пирам, јармутски цар, на Јафиј, лахиски цар и на Давир, еглонски цар:\n4 ”Дојдете при мене и помогнете ми да удриме на Гаваон, зашто склучил мир со Исуса и со Израелците!”\n5 Тогаш се здружија петте аморејски цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахискиот цар и еглонскиот цар; тие тргнаа и сета нивна војска, го опсадија градот Гаваон и почнаа да го напаѓаат.\n6 Тогаш Гаваонците му порачаа на Исуса во логорот во Галгал: „Не напуштај ги своите слуги, туку побрзај кон нас, зашто против нас се здружија сите аморејски цареви, кои живеат во Горјето.”\n7 И Исус тргна од Галгал, а со него и сите војници, сите храбри јунаци.\n8 А Господ му рече на Исуса: „Не бој се! Јас ги предадов во твои раце, и ниеден од нив не ќе устои пред тебе.”\n9 И Исус удри на нив одненадеж, откако цела ноќ идеше од Галгал.\n10 И Господ ги смути пред Израелците, кои ги поразија тешко кај Гаваон и ги спотераа кон стрмината по која се влегува во Веторон. Ги толчеа сè до Азика и до Макида.\n11 А додека бегаа пред Израел по Веторонската Стрмина, Господ фрлаше од небото на нив град од камења сè до Азика, па гинеа. И загинаа повеќе од градот од камења, отколку што ги погубија Израелевите синови со своите мечеви.\n12 Во оној ден кога Господ им ги предаде Аморејците на Израелевите синови, Исус му се обрати на Господа и извика пред Израелците: „Сонце, застани над Гаваон, и месечино, над долината Еалон!”\n13 И сонцето застана, и месечината се запре сè додека народот не им се одмазди на своите непријатели. Не пишува ли за тоа во книжниот свиток на Праведникот? И сонцето застана среде небо и не се навали кон запад речиси цел ден.\n14 Немаше таков ден ни порано ни после, така што Господ му се одѕва на човечкиот глас. Така Господ војуваше за Израел.\n15 Потоа Исус се врати, и сиот Израел со него, во галгалскиот логор.\n16 А оние пет цареви избегаа и се сокрија во пештерата кај Макид.\n17 Му јавија на Исуса: „Откриени се петте цареви скриени во пештерата кај Макид.”\n18 А Исус рече: „Навалете големи камења на отворот на пештерата и поставете луѓе пред неа за да ја чуваат.\n19 А вие другите не задржувајте се, туку терајте ги своите непријатели и удирајте ги од зад грб; не оставајте ги да влезат во своите градови, зашто Господ, вашиот Бог, ги предаде во ваши раце.”\n20 А кога Исус и Израелевите синови ја привршија битката со тежок колеж - им избегаа само неколку преживеани во цврсти градови -\n21 народот се врати здрав и цел кон Исуса во логорот во Макид. И никој веќе ни да писне против Израелевите синови.\n22 Тогаш Исус рече: „Отворете го влезот на пештерата и извадете ми ги оттаму оние пет цареви.”\n23 Така и направија: ги изведоа кај него од пештерата петте цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахискиот цар и еглонскиот цар.\n24 А кога ги изведоа, Исус ги повика сите Израелци и им рече на војсководачите, кои го придружуваа: „Приближете се и застанете со своите нозе на вратовите на овие цареви.” Тие се приближија и им застанаа со своите нозе на вратовите.\n25 Исус рече: „Не бојте се и не плашете се! Бидете храбри и смели, зашто Господ ќе им направи така на сите ваши непријатели, со кои ќе се борите.”\n26 Потоа Исус нареди да ги погубат и да ги обесат на пет дрва, и висеа таму до вечерта.\n27 А при зајдисонце Исус заповеда да ги симнат од дрвата и да ги фрлат во онаа иста пештера во која се беа засолнале, та на отворот навалија големи камења, што стојат и денес таму.\n28 Во истиот ден Исус го зазеде Макид: удри на градот со острилото на мечот и го погуби неговиот цар, и сè живо во градот му го предаде на клетото уништување, не оставајќи никого да избега. И направи со макидскиот цар како што направи со ерихонскиот цар.\n29 Потоа отиде Исус и сиот Израел од Макид во Ливна и удри на неа.\n30 Господ и неа и нејзиниот цар ги предаде во рацете на Израел, кој со острилото на мечот истреби сè живо во неа; не поштеди никого, а со царот на Ливна направи како и со ерихонскиот цар.\n31 Потоа отиде Исус и сите Израелци од Ливна во Лахис, го опсади и го нападна.\n32 Господ го предаде Лахис во рацете на Израелците, кои го освоија утреден: истепаа со острилото на мечот сè живо во него, онака како што сторија со Ливна.\n33 Тогаш стана Орам, гезерскиот цар, за да му помогне на Лахис, ама Исус го порази него и неговиот народ, така што никој не преживеа.\n34 Потоа Исус тргна со сите Израелци од Лахис против Еглон. Го опсадија градот и го нападнаа.\n35 Го освоија уште на истиот ден и погубија сè со острилото на мечот. Сè живо предадоа на проклетото уништување, како што направија со Лахис.\n36 Тогаш Исус со сиот Израел тргна од Еглон против Хеврон и го нападна.\n37 Го освоија и погубија сè со острилото на мечот: царот и жителите во сите места што му припаѓаа, не штедејќи никого. Направи со него како со Еглон. Градот со сите свои жители му беше врачен на клетото уништување.\n38 Најпосле Исус тргна, и сиот Израел со него, против Давир, и го нападнаа.\n39 Го освоија и го разурнаа; ги истепаа со острилото на мечот неговиот цар и жителите на околните места. Сето негово население му го врачија на проклетото уништување. Не поштедија никого. И Исус направи со Давир и со неговиот цар како што направи со Хеврон и со неговиот цар, со Ливна и со неговиот цар.\n40 Така Исус го зазеде сиот оној крај: Горјето и Негев, Шафел и Височините - и сите нивни цареви. Не остави преживеани, туку му предаде на клето уништување сè што дишеше, како што заповеда Господ, Израелевиот Бог.\n41 И ги погуби Исус сите од Кадис Варниј до Газа, и сиот крај Госен до Гаваон.\n42 Исус ги зазеде одеднаш сите тамошни цареви и нивните земји, зашто Господ, Израелевиот Бог, се бореше за Израел.\n43 Најпосле Исус и сиот Израел се вратија во логорот во Галгал.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1117, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6641", "title": "Книга на израелеви судии/ 3 глава", "text": "1 Ова се народите што Господ ги остави, за да ги испита со нив Израелевите синови, сите оние што не ги знаеја Ханаанските војни.\n2 Тоа беше само во полза на поколенијата на Израелевите синови, за да ја научат вештината на војување - барем оние што не ги знаеја поранешните војни:\n3 останаа пет филистејски кнезови и сите Ханаанци, Сидонци и Евејци, кои живееја на гората Ливанова, од гората Вал-Ермон до влезот во Емат.\n4 Тие послужија за да биде проверен Израел: за да се види дали ќе ги пази заповедите на Господа, што Господ им ги даде на нивните татковци преку Мојсеја.\n5 Така Израелците живееја среде Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците;\n6 се женеа со нивните ќерки и им ги даваа своите ќерки за нивните синови и им служеа на нивните богови.\n7 И Израелевите синови правеа она што не му беше по волја на Господа. Го заборавија Господа, својот Бог, за да им служат на Ваал и на астартите.\n8 Тогаш Господ пламна со гнев на Израел, и ги предаде во рацете на Хусан-Рисатаим, едомски цар, и му служеа на Хусан-Рисатаим осум години.\n9 Тогаш Израелците извикаа кон Господа, и Господ им воздигна избавител, Готонил,Кенезовиот син, помлад Халевов брат, за да ги ослободи.\n10 Господовиот Дух слезе на него, и тој му стана судија на Израел. И го поведе Израел во бој. Господ му го предаде во рацете Хусан-Рисатаим, едомскиот цар, и тој го победи Хусан-Рисатаима.\n11 Оттогаш земјата беше во мир четириесет години. И почина Готонил, Кенезовиот син.\n12 Израелците почнаа пак да прават она што е зло во Господовите очи. Затоа Господ му даде на Еглон, моавскиот цар, сила над Израел, зашто правеа што е зло пред Господа.\n13 Еглон се обедини со Амоновите и со Амаликовите синови, тргна против Израел,го порази и го освои Палминиот Град.\n14 Израелевите синови му служеа на моавскиот цар Еглон осумнаесет години.\n15 Тогаш Израелците извикаа кон Господа, и Господ им подигна избавител - Аод, син на Гира од Венијаминовото племе, човек кој беше левичар. И го испратија Израелците да му однесе данок на Еглона, моавскиот цар.\n16 А Аод си направи меч со две острила, долг еден лакот, и го опаша под облеката покрај десното бедро,\n17 И го однесе данокот на Еглона, моавскиот цар. Еглон беше многу дебел.\n18 Откако го предаде данокот, Аод си отиде со луѓето, кои го беа донесле данокот.\n19 Но кога дојде до извајаниот кип во близина на Галгал, се врати и рече: „Цару, имам да ти кажам една тајна!” Царот му одговори: „Тивко!” И сите што беа покрај него излегоа.\n20 Аод влезе. Царот седеше во ладната горница; беше сам. Аод му рече: „Цару, имам за тебе слово од Бога!” Тој веднаш стана од престолот.\n21 Тогаш Аод го истрга со левата рака мечот од десното бедро и му ја прободе утробата.\n22 Целата рака влезе со сечилото, и салото се склопи над острилото, зашто Аод не можеше да го извлече сечилото од утробата. Оттаму излезе нечистота.\n23 Аод си отиде низ тремот; зад себе ја затвори вратата на горната соба и ја заклучи.\n24 Кога тој си отиде, слугите се вратија за да погледаат. Бидејќи вратата на горната соба беше заклучена, рекоа: „Без сомнение отиде настрана, во клетот до ладната соба.”\n25 Го чекаа долго време, со двоумење, зашто тој не ја отвори вратата на горницата. Најпосле зедоа клуч и отворија: нивниот господар лежеше на земјата, мртов.\n26 Додека тие чекаа, Аод избега, ги замина веќе вајаните кипови и се засолна во Сеирот.\n27 Штом дојде во Израелевата Земја, затруби во рог на Ефремовата Гора; и Израелевите синови слегоа со него од гората, а тој им стоеше на чело.\n28 И им рече: „Врвете по мене! Господ ви ги предаде во рацете Моавците, вашитенепријатели.” Тие тргнаа по него, им го затворија на Моавците патот преку бродовите на Јордан и не оставија никого да премине.\n29 Погубија во тоа време околу десет илјади Моавци, сè крупни и храбри луѓе, и ниеден не им избега.\n30 Во тој ден Моавците потпаднаа под Израелева рака, и земјата беше мирна осумдесет години.\n31 По него беше Самегар, синот Анатов. Тој погуби шест стотини Филистејци со воловски остен. Така и тој го избави Израел.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 711, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6623", "title": "Книга на Исус Невин/ 19 глава", "text": "1 Втората жрепка излезе за Симеона, за племето на Симеоновите синови според нивните семејства: нивното наследство беше среде Јудините синови.\n2 Им беа доделени како наследство: Вир-Савеа, Савеа, Молада;\n3 Асар-Суал, Вала, Асем;\n4 Елтолад, Ветул, Орма:\n5 Сиклаг, Вет-Маркавот, Асар-Суса;\n6 Вет-Леваот и Саруен: тринаесет градови и нивните села.\n7 Аин, Ремон, Етер и Ашан: четири градови и нивните села.\n8 И сите населби што се околу тие градови, до Валат-Вира, Раман Негев. Тоа е наследството на племето на Симеоновите синови според нивните семејства.\n9 Наследството на Симеоновите синови беше од делот на Јудините синови, зашто делот доделен на Јудините синови беше преголем за нив. Затоа Симеоновите синови го добија своето наследство среде нивното наследство.\n10 Третата жрепка излезе за синовите на Завулоновото племе според нивните семејства: нивното подрачје стигаше до Сарида,\n11 откаде нивната меѓа се искачуваше на запад до Марала, стигнуваше до Давасет и допираше до потокот што е спроти Јокнеам.\n12 Од Сарида меѓата свртуваше кон исток, сè до меѓата на Кислот-Тавор, откаде излегуваше до Даврат и се искачуваше до Јафа.\n13 А оттаму одеше пак кон исток, до Гита Ефер и до Ита-Касин, излегуваше на Ремон и се враќаше до Неа.\n14 Оттаму свртуваше од север околу Анатон и завршуваше во долината Јефта-Ил.\n15 Па Катат, Налал, Симрон, Идал и Витлеем: дванаесет градови со своите села.\n16 Тоа беше наследството на Завулоновите синови според нивните семејства: тие градови со нивните села.\n17 Четвртата жрепка излезе за Исахар, за Исахаровите синови според нивните семејства.\n18 А пределот им беше: Езраел, Кесулот, Суним;\n19 Афераим, Сеон, Анахарат;\n20 Равит, Кисион, Авес;\n21 Ремет, Ен-Ганим, Ен-Ада и Вет-Фасис.\n22 Потоа меѓата допираше до Тавор, Сахасим и Вет-Семес и излегуваше на Јордан: шеснаесет градови со нивните села.\n23 Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови според нивните семејства: тие градови со своите села.\n24 Петтата жрепка излезе за племето на Асировите синови според нивните семејства.\n25 Нивната земја беше: Хелкат, Али, Ветен, Ахсаф;\n26 Аламелех, Амад, Мисал. На запад меѓата допираше до Кармел и до Сихот-Ливнат.\n27 Потоа завртуваше кон сончевиот исток до Вет-Дагон, и допираше до Завулон и до долината Ефтаил од север; натаму се тегнеше низ Ветемек и Наил и стигнуваше до Хавул одлево,\n28 па Хеврон, Реов, Амон и Кана сè до Големиот Сидон.\n29 Тогаш меѓата свртуваше кон Рама и до тврдиот град Тир, па завртуваше кон Оса и излегуваше на море. Ги опфаќаше Махалев, Ахсив.\n30 Ама, Афек и Реов: дваесет и два града со нивните села.\n31 Тоа е наследство на племето на Асировите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.\n32 Шестата жрепка излезе за Нефталимовите синови според нивните семејства.\n33 Нивната меѓа оди од Елав и од Алон во Сананим, од Адами-Некева и од Јавнил до Лакум и излегува на Јордан.\n34 Потоа меѓата свртува на запад кон Азнот-Тавор и се тегне оттаму кон Укок; на југ допира до Завулон, на запад до Асир и до Јуда на исток до Јордан.\n35 Утврдени градови беа: Сидим, Сер, Амат, Ракат, Хинерот;\n36 Адама, Рама, Асор,\n37 Кадес, Едреј, Ен-Асор;\n38 Ирон, Мигдал-Ил, Орем, Вет-Анат, Вет-Семес: деветнаесет градови со своите села.\n39 Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.\n40 Седмата жрепка излезе за племето на Дановите синови според нивните семејства.\n41 Подрачјето на нивното наследство беше: Сар, Естаол, Ир-Семес,\n42 Салавин, Ајалон, Етла,\n43 Елон, Тамната, Акарон,\n44 Елтекон, Гиветон, Валат,\n45 Јуд, Вани-Варак, Гат-Римон,\n46 Ме-Јаркон и Ракон со подрачјето кон Јопа.\n47 Ама подрачјето на Дановите синови беше претесно за нив; затоа Дановите синови удрија на Лесем, го освоија и погубија сè со острилото на мечот, и Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, својот татко.\n48 Тоа е наследството на племето на Дановите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.\n49 Кога ја завршија делбата на земјата со жрепка и ги утврдија нејзините меѓи, Израелците му дадоа на Нсуса, синот Навинов, наследство во својата средина.\n50 По Господовата заповед му го дадоа градот што го сакаше за себе: Тамнат-Сарах во Ефремовата Гора; тој го утврди градот и се настани во него.\n51 Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на израелските племиња ги поделија со жрепка меѓу израелските племиња во Сило, пред Господа, при вратата на Шаторот на средбата. Така ја завршија делбата на земјата.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 757, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6627", "title": "Книга на Исус Невин/ 21 глава", "text": "1 Тогаш главатарите на левитските татковски домови појдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исуса, Навиновиот син, и кај племенските главатари на Израел.\n2 И им рекоа во Сило, во Ханаанската земја: „Господ заповеда преку Мојсеја да ни се дадат градови каде ќе живееме и пасишта околу нив за нашиот добиток.”\n3 Израелците им ги дадоа на левитите од своето наследство, според Господовата заповед овие градови со нивните пасишта.\n4 И така излезе жрепка за Каатовото семејство: на левитите, на потомците на свештеникот Арон, им припаднаа триесет градови од племињата: Јудиното, Симеоновото и Венијаминовото;\n5 На другите Каатови синови им припаднаа со жрепка според семејствата десет градови од племињата: Ефремовото и Дановото и од половината племе Манасиево.\n6 Гирсоновите синови добија според семејствата тринаесет градови од племињата: Исахаровото, Асировото и Нефталимовото и од половината племе Манасиево во Васан.\n7 На Мерариевите синови според нивните семејства им припаднаа дванаесет градови од племињата: Рувимовото, Гадовото и Завулоновото.\n8 Така, Израелците со жрепка им ги доделија на левитите тие градови со пасиштата, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја.\n9 Од племето на Јудините синови и од племето на Симеоновите синови беа доделени овие градови што се спомнуваат по име:\n10 на Ароновите синови во Каатовите левитски семејства, зашто првата жрепка беше за нив,\n11 им припаднаа Киријат-Арва, главниот град на Анаковците, односно Хеврон, во Јудината Гора, со пасиштата наоколу.\n12 Ама полињата околу тој град со селата наоколу веќе му беа дадени во наследство на Халев, Јефониевиот син.\n13 На синовите на свештеникот Арон им припаднаа градот - засолниште Хеврон со пасиштата и Ливна со пасиштата;\n14 Јатир со пасиштата, Естемоја со пасиштата,\n15 Олон со пасиштата, Давир со пасиштата,\n16 Аин со пасиштата, Јута со пасиштата, Вет-Семес со пасиштата. И така, девет градови од оние две племиња.\n17 Од Венијаминовото племе: Гаваон со пасиштата, Гаваја со пасиштата,\n18 Анатот со пасиштата, Алмон со пасиштата. И така, четири града.\n19 Така свештениците, Ароновите синови, добија вкупно тринаесет градови со нивните пасишта.\n20 На другите левити со семејствата на Каатовите синови со жрепка им припаднаа градовите на Ефремовото племе.\n21 Им ги дадоа: градот - засолниште Сихем со неговите пасишта на Ефремовата Гора, потоа Гезер со пасиштата,\n22 Кивсаим со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата: четири града.\n23 Од Дановото племе ги добија: Елтекон со пасиштата и Гиветон со пасиштата,\n24 Ајалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: четири града.\n25 Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града.\n26 Вкупно семејствава на другите Каатови синови добија десет градови со пасиштата.\n27 На Гирсоновите синови, на левитските семејства им ги дадоа од половината Манасиево племе градот - засолниште Голан во Васан и Вестера со нивните пасишта: два града.\n28 Од Исахаровото племе: Кисон со пасиштата, Даврот со пасиштата,\n29 Јармут со пасиштата и Ен-Ганим со пасиштата: четири града.\n30 Од Асировото племе: Мисал со пасиштата, Авдон со пасиштата,\n31 Хелкат со пасиштата и Реов со пасиштата: четири града.\n32 Од Нефталимовото племе: град - засолниште Кедес во Галилеја со пасиштата, Амот-Дор со пасиштата и Картан со пасиштата: три града.\n33 Вкупно Гирсонови градови според нивните семејства беа тринаесет со пасиштата.\n34 На семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со пасиштата, Карта со пасиштата,\n35 Димна со пасиштата, Налол со пасиштата: четири града.\n36 Од онаа страна на Јордан, од Рувимовото племе, им ги дадоа: градот - засолниште Восор со пасиштата на пустинската висорамнина, Јаза со пасиштата,\n37 Кедимот со пасиштата, Мефат со пасиштата; четири града.\n38 Од Гадовото племе: градот - засолниште Рамот во Галада со пасиштата, Маханаим со пасиштата,\n39 Есевон со пасиштата, Јазир со пасиштата: четири града.\n40 Вкупно им беа доделени со жрепка на семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа, дванаесет градови.\n41 Така среде наследството на Израелевите синови беа четириесет и осум левитски градови со пасиштата.\n42 Секој тој град имаше и пасишта наоколу. Така беше со сите спомнати градови.\n43 Така Господ им ја даде на Израелците сета земја за која се заколна дека ќе им ја даде на нивните татковци. Ја примија во сопственост и се населија во неа.\n44 И Господ им даде да се одморат во мир на сите меѓи, како што им се беше заколнал на нивните татковци. Никој од нивните непријатели не беше способен да им даде отпор.\n45 Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сè се исполни.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_21_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 744, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6643", "title": "Книга на израелеви судии/ 4 глава", "text": "1 По смртта на Аод, Израелевите синови пак почнаа да прават што не Му беше на Господа по волја,\n2 и Господ ги предаде во рацете на Јавин, ханаанскиот цар кој владееше во Асор.Воен началник на неговата војска беше Сисара, кој живееше во незнабожечкиот Аросет.\n3 Тогаш Израелевите синови извикаа кон Господа. Зашто Јавин имаше шест стотини железни бојни коли, и тешко ги угнетуваше Израелците дваесет години.\n4 Во тоа време на Израел му судеше пророчицата Девора, жената Лафидотова.\n5 Живееше под Деворината Палма меѓу Рама и Ветил во Ефремовата Гора, и Израелците доаѓаа кај неа за да им пресудува во нивните спорови.\n6 Таа го повика Варака, синот Авинеемов, од Нефталимовиот Кадес, и му рече: „Еве што ти заповеда Господ, Израелевиот Бог: ‘Оди, тргни на гората Тавор и земи со себе десет илјади луѓе од Нефталимовите и Завулоновите синови.\n7 Јас ќе го привлечам кон тебе, на Кисонскиот Поток, Сисара, војсководачот на Јавиновата војска, со неговите бојни коли и со сите војници, па ќе ги предадам во твоите раце.’”\n8 Варак и одговори: „Ако дојдеш ти со мене, ќе одам; ако не дојдеш со мене, не одам.”\n9 ”Идам со тебе - му рече таа - но на патот по кој ќе тргнеш славата не ќе ти припадне тебе, зашто Господ ќе го предаде Сисара во раце на жена.” Тогаш Девора стана и тргна со Варака во Кадес.\n10 Онаму Варак ги повика Завулона и Нефталима. Десет илјади луѓе тргнаа со него, а и Девора одеше со нив.\n11 Кенеецот Хевер беше се одвоил од Кенеј, еден од синовите на Овав, Мојсеевиот дедо; го оптегна својот шатор кај Дабот во Занаим, недалеку од Кадес.\n12 Му јавија на Сисара дека Варак, синот Авинеемов, излегол на гората Тавор.\n13 Сисара ги собра сите свои бојни коли, девет стотини железни коли, и сите луѓе што ги доведе од незнабожечкиот Аросет до Кисонскиот Поток.\n14 Девора му рече на Варака: „Стани, еве го денот кога Господ ќе го предаде Сисара во твои раце! Самиот Господ оди пред тебе!” И Варак слезе од гората Таворсо десет илјади луѓе со себе.\n15 Господ ги заплаши Сисара, сите негови бојни коли и целата негова војска, која почна да бега пред Вараковиот меч. Сисара слезе од својата кола и избега пеш.\n16 Варак ги гонеше колите и војската сè до незнабожечкиот Аросет. Сета Сисерина војска падна од остар меч, и ниеден човек не избега.\n17 Дотогаш Сисара бегаше пеш кон шаторот на Јаила, жената на Кенеецот Хевер, зашто меѓу Јавин, асорскиот цар, и куќата на Кенеецот Хевер беше мир.\n18 Јаила му излезе во пресрет на Сисара и му рече: „Застани, господару, дојди кај мене. Не бој се од ништо!” Тој се врати кај неа под шаторот, а таа го покри со покривка.\n19 Тој и рече: „Дај ми малку вода, зашто сум жеден.” Таа отвори мев со млеко, го напои и пак го покри.\n20 ”Застани при влезот на шаторот - и рече тој, - па ако некој намине и те праша: ‘Дали има некој?’ ти одговори: ‘Нема!’\n21 А Јаила, Хеверовата жена, го зеде шаторскиот кол и чук во рацете, му се приближи тивко и му го прикова колот низ слепоочниците така што се закачи во земјата. Тој беше заспал цврсто од исцрпеност, и така умре.\n22 И ете, дојде Варак гонејќи го Сисара. Јаила излезе пред него и му рече: „Дојди да ти го покажам човекот кого го бараш.” Тој влезе при неа, и ете - Сисара лежеше мртов, со кол низ слепоочниците.\n23 Така Господ го покори, во оној ден, Јавина, ханаанскиот цар, пред Израелците.\n24 Раката на Израелевите синови стануваше сè потешка над Јавина, ханаанскиот цар, додека најпосле не го истреби ханаанскиот цар.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 613, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6629", "title": "Книга на Исус Невин/ 22 глава", "text": "1 Тогаш Исус ги свика синовите Рувимови и Гадови и половината од Манасиевото племе,\n2 и им рече: „Извршивте сè што Мојсеј, Господовиот слуга, ви заповеда, и ме послушавте во сè што ви наредив.\n3 Не ги оставивте своите браќа и покрај долгото војување до денешниот ден, и ги вршевте верно заповедите на Господа, својот Бог.\n4 Сега Господ, вашиот Бог, им даде мир на вашите браќа, како што им беше ветил. Вратете се сега во своите шатори, во земјата што ви ја даде Мојсеј, Господовиот слуга: во наследство од онаа страна на Јордан.\n5 Само внимавајте да ги исполнувате заповедите и Законот што ви го даде Мојсеј, Господовиот слуга: да Го љубите Господа, својот Бог, да одите секогаш по неговите патишта, да ги чувате Неговите заповеди, да се држите покрај Него и да Му служите со сето срце и со сета душа.”\n6 И Исус ги благослови и ги отпушти, а потоа тие се вратија во своите шатори.\n7 Мојсеј и беше дал на едната половина од Манасиевото племе наследство во Васан; а на другата половина Исус и го даде среде нивните браќа западно од Јордан. Отпуштајќи ги во нивните шатори, Исус ги благослови:\n8 и им рече: „Вратете се во своите шатори со големо богатство и со многу добиток, со сребро, и со злато, со бронза, со железо и со облеки во изобилство, и поделете го пленот од своите непријатели со своите браќа.”\n9 Се вратија Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе; си отидоа од Израелевите синови во Сило, во Ханаанската Земја, да тргнат за Галадската Земја, во своето наследство што го зазедоа како што им заповеда Господ преку Мојсеја.\n10 Кога стигнаа до јорданското подрачје во Ханаанската Земја, Рувимовите синови, Гадовите синови и половината од Манасиевото племе подигнаа жртвеник при Јордан, голем жртвеник, што се гледаше оддалеку.\n11 Израелците чуја како што се зборува: „Еве, Рувимовите синови, Гадовите синови и половината од Манасиевото племе подигнаа жртвеник спроти Ханаанската Земја, при Јордан, на израелската страна.”\n12 На тоа се собра сета заедница на Израелевите синови во Сило за да тргнат во бој против нив.\n13 Израелците им ги испратија, на Рувимовите синови, на Гадовите синови и на половината на Манасиевото племе: Финес, синот на свештеникот Елеазар,\n14 и со него десет кнезови, по еден родовски главатар од секое Израелево племе, а секој од нив беше главатар на татковиот дом меѓу илјадници Израелеви семејства.\n15 И кога тие дојдоа при Рувимовите синови, при Гадовите синови и при половината од Манасиевото племе во галадската земја, им рекоа:\n16 ”Еве што вели за вас сета Господова заедница: ‘Што значи престапот што го правите против Господа, Израелевиот Бог? Зашто се одвративте денес од Господа и, подигнувајќи жртвеник, зашто се буните против Господа?\n17 Зар не ви е доста злосторот од Фегор, од кого уште не се очистивме до денешен ден и заради кого дојде помор врз Господовата заедница?\n18 Ако денес се одвратувате од Господа и ако се буните денес против Него, не ќе ли се излее утре Неговиот гнев на сета Израелева заедница?\n19 Или ви е можеби нечиста земјата на вашето наследство? Тогаш преминете во земјата на Господовото наследство, во која е Господовото Престојувалиште, и земете дел меѓу нас. Ама не бунете се против Господа и не бунете се против нас, издигајќи си жртвеник покрај жртвеникот на Господа, нашиот Бог.\n20 Не направи ли грев сам, Ахан Зариниот син, за „херемот,” па гневот падна на сета Израелева заедница? Зар не умре заради својата кривица?’”\n21 Тогаш одговорија Рувимовите синови, Гадовите синови и половината на Манасиевото племе, велејќи им на Израелевите главатари:\n22 ”Бог, Господ Бог, Бог над боговите, Господ знае и Израел нека знае: ако тоа беше побуна или престап против Господа, нека ни ја скрати Својата помош денес;\n23 ако го подигнавме жртвеникот за да се одвратиме од Господа и за да принесуваме жртви паленици, лебни приноси и помирителни жртви, тогаш Господ нека ни суди!\n24 Тоа го направивме од грижа и страв и рековме: ‘Еден ден вашите синови ќе им речат на нашите: „Што ви е заедничко со Господа, Израелевиот Бог?\n25 Зар Господ, Рувимови синови и Гадови синови, не ја стави меѓу вас и нас нашата меѓа Јордан? Вие немате дел во Господа.” И така вашите синови би можеле да направат нашите синови да се одвратат па да не го почитуваат Господа.’\n26 Затоа рековме: ‘Да подигнеме жртвеник, но не за паленици ниту за жртви\n27 туку за да биде сведоштво меѓу нас и вас, дека сакаме да Му служиме на Господа со наши жртви и со наши благодарности. Така да не можат некогаш вашите синови да им речат на нашите: „Немате дел во Господа.”‘\n28 Ако некогаш би ни рекле нам и на нашите потомци, би можеле да одговориме: ‘Погледајте го обликот на Господовиот жртвеник, што го подигнаа нашите татковци, не за паленици ниту за жртви туку за сведоштво меѓу нас и вас.’\n29 Ни на крај на паметот не ни е мислата да се буниме против Господа и да се одвратиме од Него подигајќи жртвеник за паленици, за лебни приноси и жртви, освен жртвеникот на Господа, нашиот Бог, што е пред Неговото Живеалиште!”\n30 Кога свештеникот Финес, кнезовите на собирот и главатарите на Израелевите илјади, кои беа со нив, ги чуја зборовите што им ги рекоа Гадовите синови, Рувимовите синови и Манасиевите синови, се смирија.\n31 Тогаш свештеникот Финес, синот Елеазаров, им одговори на Рувимовите синови, на Гадовите синови и на Манасиевите синови: „Сега сознавме дека е Господ меѓу нас, зашто не му изневеривте: така ги запазивте Израелевите синови од Господовата казна.”\n32 Свештеникот Финес, синот Елеазаров, и кнезовите си отидоа од Рувимовите синови и од Гадовите синови, и се вратија од галадската земја во ханаанската кај Израелевите синови, и им го кажаа одговорот.\n33 На Израелевите синови им беше мил тој одговор Го фалеа Бога и се откажаа од наумот да удрат против нив и да ја запустат земјата во која живееја Рувимовите синови и Гадовите синови.\n34 Рувимовите синови и Гадовите синови го нарекоа жртвеникот „Ед” - „Сведоштво,” зашто рекоа: „Тоа е сведоштво меѓу нас: Господ е Бог.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_22_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1013, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6632", "title": "Книга на Исус Невин/ 24 глава", "text": "1 Потоа Исус ги собра сите Израелеви племиња во Сихем; и ги свика Израелевите старешини, главатарите, судиите и управителите нивни, и тие застанаа пред Господа.\n2 Тогаш Исус му рече на целиот народ: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Некогаш вашите татковци, Тара, Аврамовиот и Нахоровиот татко, живееја од онаа страна на Реката и им служеа на другите богови.\n3 Но Јас го зедов вашиот татко Авраам од онаа страна на Реката и го поминав низ сета Ханаанска Земја, му го намножив потомството и му го дадов Исака.\n4 На Исака му ги дадов Јакова и Исава. На Исава му ја дадов гората Сир во сопственост. Јаков и неговите синови отидоа во Египет.\n5 Тогаш ги испратив Мојсеја и Арона и го удрив Египет со казните што ги направив во него, и тогаш ве изведов.\n6 Ги изведов вашите татковци од Египет, и стигнаа на море; Египетците ги гонеа вашите татковци со бојни коли со коњаници сè до Црвеното Море.\n7 Тогаш извикаа кон Господа, и тој развлече густа магла меѓу нив и Египетците и ги воведе во морето, што ги прекри. Видовте со своите очи што им сторив на Египетците; потоа останавте долго време во пустината.\n8 После ве воведов во земјата на Аморејците, кои живеат отаде Јордан. Завојуваа со вас и Јас ги предадов во вашите раце; ја зедовте во наследство нивната земја, зашто Јас ги уништив од пред вас.\n9 Тогаш се крена Моавскиот цар Валак, синот Сефоров, за да војува со Израел, и тој го повика Валаама, синот Веоров за да ве проколне.\n10 Но Јас не бев волен да го послушам Валаама, и тој ве благослови, и ве спасив од неговата рака.\n11 Тогаш поминавте преку Јордан и дојдовте во Ерихон, главатарите на Ерихон поведоа војна против вас - како и Аморејците, Ферезејците, Ханаанците, Хетејците, Гергесејците, Евејците и Евусејците - но Јас ги предадов во вашите раце.\n12 Јас испратив пред вас стршели, кои тераа пред вас два аморејски цареви: нема што да им благодариш на својот меч ни на својот лак.\n13 Ви дадов земја, за која не се трудевте, и градови, кои не ги градевте, и се населивте во нив; ви дадов и лозја и маслинови градини, што не ги садевте, а денес ве хранат.’\n14 И затоа сега бојте се од Господа и служете Му совршено и верно! Одстранете ги боговите на кои им служеа вашите татковци од онаа страна на Реката и во Египет, и служете Му на Господа!\n15 Меѓутоа, ако вам не ви е угодно да Му служите на Господа, тогаш денес изберете кому ќе му служите: можеби на боговите на кои им служеа вашите татковци од онаа страна на Реката, или на боговите на Аморејците во чија земја сега престојувате. Јас и мојот дом ќе Му служиме на Господа.”\n16 Народот одговри: „Далеку нека е од нас да го оставиме Господа а да им служиме на други богови.\n17 Господ, нашиот Бог, нè изведе нас и нашите татковци од Египет, од домот на робувањето, и Тој направи пред наши очи големи чудеса и нè чуваше по целиот пат по кој одевме и меѓу сите народи низ кои поминувавме.\n18 Уште повеќе: Господ ги изгони пред нас сите народи, и Аморејците, кои живееја во оваа земја. И ние ќе Му служиме на Господа, зашто е Тој наш Бог.”\n19 Тогаш Исус му рече на народот: „Вие не можете да Му служите на Господа, зашто Тој е свет Бог, ревнив Бог, Кој не може да ги поднесе вашите престапи ни вашите гревови.\n20 Ако Го оставите Господа за да им служите на туѓите богови, ќе се сврти против вас и ќе ве уништи, откако ви правеше добро.”\n21 А народот му одговори на Исуса: „Не, ние ќе Му служиме на Господа!”\n22 На тоа Исус му рече на народот: „Сами сте сведоци против себе, дека Го избравте Господа за да Му служите.” Му одговорија: „Сведоци сме.”\n23 ”И така, мавнете ги сега туѓите богови што се меѓу вас, и приклонете ги своите срца кон Господа, Израелевиот Бог.”\n24 Народот му одговори на Исуса: „Ќе Му служиме на Господа, својот Бог, и ќе го слушаме Неговиот глас.”\n25 Така во тој ден Исус склучи Сојуз со народот и му ги утврди Одредбата и Законот. Тоа беше во Сихем.\n26 Исус ги запиша тие зборови во Книгата на Божјиот закон. Потоа зеде голем камен и го положи таму под дабот, што беше покрај Господовото светилиште.\n27 Потоа Исус му рече на сиот народ: „Ете, овој камен нека ви биде сведок, зашто ги чу зборовите што ги зборуваше Господ; тој ќе биде сведок за да не Му затаите на својот Бог.”\n28 Тогаш Исус го отпушти народот, секого во неговото наследство.\n29 По овие настани почина Исус, Навиновиот син, Господов слуга, на возраст од сто и десет години.\n30 Го погребаа во крајот што го наследи во Тамнат-Сарах, во Ефремовата Гора, северно од гората Гаш.\n31 Израел му служеше на Господа во текот на целиот век на Исуса и во текот на целиот век на старешините, кои го надживееја Исуса и кои ги видоа сите дела што ги направи Господ за Израел.\n32 Јосифовите коски, што Израелевите синови ги донесоа со себе од Египет, ги закопаа во Сихем, во земјиштето што Јаков го имаше купено од синовите на Емор, Сихемовиот татко, за сто сребреници и што им припаднаа во наследство на Јосифовите синови.\n33 Умре и Елеазар, синот Аронов, и го погребаа во Гибеа, што му припаѓаше на неговиот син Финес, а се наоѓаше во Ефремовата Гора.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%9D%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BD/_24_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 917, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6649", "title": "Книга на израелеви судии/ 7 глава", "text": "1 Порани Јеровал, односно Гедеон, и сиот народ што беше со него, и се влогорија кај изворот Арод, а логорот на Мадијамците се наоѓаше на север од неговиот, во подножјето на брегот Море, во долината.\n2 Тогаш Господ му рече на Гедеона: „Премногу народ е со тебе, а за да ги предадам Мадијамците во нивните раце, зашто Израел би можел да се возгордее пред Мене и да рече: ‘Сопствената рака ме избави.’\n3 Затоа разгласи за да чуе народот: ‘Кој се бои и стравува, нека се врати од Галадската Гора.’” Гедеон ги испита: дваесет и две илјади луѓе од народот се вратија, а останаа десет илјади.\n4 Господ му рече на Гедеона: „Уште е премногу народ. Поведи ги на вода, и таму ќе ги испитам. За кого ќе ти речам: ‘Нека оди со тебе,’ тој ќе дојде со тебе. А за кого ќе ти речам: ‘Нека не иде со тебе,’ тој не ќе дојде.”\n5 Гедеон го поведе народот на вода, и Господ му рече: „Кој ќе лока вода со јазикот како што лока кучето, оддели го настрана, кој ќе клекне да пие, одвои го на другата страна.”\n6 Оние што локаа вода со јазикот од раката, принесена до устата, беа триста, а сиот друг народ клекна за да пие.\n7 Тогаш Господ му рече на Гедеона: „Со оние триста луѓе, кои локаа вода, Јас ќе ве избавам, и ќе ги предадам Мадијамците во вашите раце. Сите други нека се вратат, секој во своето место.”\n8 И тогаш тие ги зедоа од луѓето храната и роговите за трубење, а Гедеон ги отпушти Израелците, секој во неговиот шатор; ги задржа само оние три стотини мажи. А логорот на Мадијамците беше подолу од него, во долината.\n9 Во онаа ноќ Господ му рече: „Стани, нападни го логорот, зашто ти го предавам во рацете.\n10 Ако се боиш да нападнеш, најнапред слези во логорот со твојот слуга Фура;\n11 слушај што зборуваат; ќе се охрабриш и ќе го нападнеш логорот.” Тој слезе со својот слуга Фура до првите стражари на логорот.\n12 Мадијамците, Амаликците и сите синови на Исток се расположија по долината, многубројни како скакулци; безбројни беа нивните камили, како песок на брегот на морето.\n13 Кога Гедеон дојде, а тоа еден точно му раскажуваше на својот другар што сонувал: „Сонував како погача јачменов леб се тркала во мадијамскиот логор: се дотркала до еден шатор и го погоди, а шаторот падна, се преврти.”\n14 А другиот му одговори: „Не е тоа друго туку мечот на Гедеона, синот Јоасов, Израелец. Бог му ги предаде во рацете Мадијамците и сиот логор.”\n15 Кога Гедеон чу како оној го раскажа сонот и како другиот го протолкува, се поклони пред Господ; па се врати во Израелевиот логор и извика: „Станете, зашто Господ ви го предаде во рацете Мадијамскиот логор.”\n16 Тогаш Гедеон ги подели своите триста луѓе во три одреди. На секој човек му даде во раката рог за трубење, празна врчва и запалена борина во врчвата:\n17 ”Гледајте ме - им рече, - и правете што ќе правам и јас! Кога ќе дојдам на работ на логорот, правете што ќе правам и јас!\n18 Кога ќе затрубам во рогот, јас и сите кои се со мене, тогаш трубете и вие во рогот околу сиот логор и викајте: ‘За Господа и за Гедеона!’”\n19 Гедеон и стотина луѓе, кои го придружуваа, дојдоа до работ на логорот, при почнување на средната (ноќна) стража: туку што ги поставија стражите, тие затрубија во роговите и ги скршија врчвите што ги имаа во рацете.\n20 Така трите одреди затрубија во роговите: во левата рака ги држеа запалените борини, а со десната роговите за да трубат, и почнаа да викаат: „За Господа и за Гедеона!”\n21 И секој стоеше неподвижно на своето место околу логорот. Тогаш сиот логор се разбуди, и Мадијамците, викајќи почнаа да бегаат.\n22 Додека оние три стотини трубеа во роговите, Господ направи па тие во логорот го свртија мечот еден против друг. И сета војска се разбега до Вет-Асет, кон Зерерат, до Авел-Меолскиот Брег кај Тават.\n23 А Израелците од коленото Нефталимово и Асирово и од сето Манасиево колено се собраа и ги подгонија Мадијамците.\n24 Гедеон испрати вестители по целата Ефремова Гора да зборуваат: „Слезете пред Мадијамците и заземете ги пред нив сите градови до Вет-Вара и до Јордан.” Сите луѓе од Ефремовото племе се одѕваа и ги зазедоа бродовите на водата до Вет-Вара и до Јордан.\n25 И фатија два мадијамски кнеза, Орива и Зива; Орива го убија на Сур-Орива (Оривовата Стена), а Зива кај Јакев-Зива (Зивова Теснина). Ги гонеа Мадијамците и му ги донесоа на Гедеон главите на Орива и Зива оттаде Јордан.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 778, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6647", "title": "Книга на израелеви судии/ 6 глава", "text": "1 Пак Израелевите синови правеа што е зло во Господовите очи; и Господ ги предаде во рацете на Мадијамците за седум години.\n2 Тешка беше раката на Мадијамците над Израел. За да им избегаат на Мадијамците, Израелците се засолнуваа во горските пукнатини, пештери и засолништа.\n3 И кога Израелците ќе посееја, Мадијамците и Амаличаните и синовите на Исток доаѓаа против нив.\n4 Откако ќе се настанеа на нивната земја, го уништуваа родот на земјата сè до Газа. Не му оставаа на Израел за да се прехрани ни овца ни коза, ни вол ни осле,\n5 зашто доаѓаа со своите стада и со своите шатори во толкаво множество како скакулци; и тие и нивните камили беа безбројни; и одеа по Израелевата Земја за да ја запустат.\n6 Така Мадијамците го фрлија Израел во голема беда, па Израелците извикаа кон Господа.\n7 Кога Израелевите синови извикаа кон Господа заради Мадијамците,\n8 Господ им испрати на Израелците пророк, кој им рече: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Јас ве изведов од Египет, ве избавив од Домот на Ропството.\n9 Јас ве ослободив од рацете на Египетците и од рацете на вашите угнетувачи. Ги изгонив пред вас, ви ја дадов нивната земја,\n10 и ви реков: „Јас сум Господ, ваш Бог. Не почитувајте ги боговите на Аморејците, во чија земја живеете. Но вие не го послушавте Мојот глас.”\n11 Господов Ангел дојде и седна под дабот при Офра, што му припаѓаше на Јоас Авиезеров. Неговиот син Гедеон чукаше жито на гумното, за да го запази од Мадијамците.\n12 И му се јави Господов Ангел и му рече: „Господ со тебе, храбар јунаку!”\n13 Гедеон му одговори: „Ох, господару, ако е Господ со нас, зошто нè најде сè ова? Каде се сите оние Негови чудеса за кои ни раскажуваа нашите татковци, говорејќи: Не нè изведе ли Господ од Египет? А сега Господ нè остави, нè остави во рацете на Мадијамците.”\n14 Тогаш Господ погледна кон него и му рече: „Оди со таа сила во тебе, и ќе го избавиш Израел од рацете на Мадијамците. Јас те испраќам тебе.”\n15 ”Но, господару - Му одговори Гедеон - како ќе го избавам Израел? Мојот род е најмал во Манасиевото племе, а јас сум последен во куќата на мојот татко.”\n16 Господ му рече: „Јас ќе бидам со тебе, па ќе ги победиш Мадијамците како еден човек.”\n17 Гедеон Му рече: „Ако најдов милост во Твоите очи, дај ми знак дека Ти зборуваш со мене.\n18 Не заминувај оттука додека не се вратам со дар и додека не го ставам пред Тебе.” А Тој одговори: „Ќе останам додека не се вратиш.”\n19 Гедеон отиде, зготви јаре и пресни лебови од ефа брашно, стави месо во кошницата и чорба во грнчето па го донесе сè тоа под дабот.\n20 Господовиот Ангел му рече: „Земи го месото и бесквасните лебови, стави ги на таа стена, а чорбата истури ја.” Тој направи така.\n21 Господовиот Ангел го зеде жезалот што го држеше и со врвот ги допре месото и пресните лебови. Оган пламна од стената и ги спали месото и пресните лебови. Потоа Господовиот Ангел исчезна од пред неговите очи.\n22 А Гедеон согледа дека тоа бил Господов Ангел и рече: „Ах, Господи! Го видов Господовиот Ангел лице во лице!”\n23 Господ му одговори: „Мир со тебе! Не бој се, не ќе умреш!”\n24 Гедеон Му подигна жртвеник на Господа на тоа место и го нарече Јахве Шалом (Господ на Мирот).” Тој стои до денес во Авиезеровата Офра.\n25 Во истата ноќ Господ му рече: „Земи од татка си згоен јунец, седумгодишен јунец, и разурни го Вааловиот жртвеник, и исечи ги Ашерите покрај него.\n26 Потоа подигни Му жртвеник на Господа, твојот Бог, на врвот на таа горска стена и уреди го добро. Земи го јунецот и принеси паленица на дрвата на Ашерите што ќе ги исечеш во горичката.”\n27 Тогаш Гедеон зеде десет луѓе од своите слуги и направи како што му заповеда Господ. Но бидејќи се плашеше од своето семејство и од граѓаните - го направи тоа ноќе.\n28 Кога граѓаните поранија утреден - а тоа: разурнат Вааловиот жртвеник и исечени Ашерите покрај него, а јунец жртвуван како паленица на нов олтар.\n29 И се прашуваа едни други: „Кој го направи тоа?” Испитаа, истражија па рекоа: „Гедеон, Јоасовиот син, го направи тоа.”\n30 Тогаш граѓаните му рекоа на Јоас: „Изведи го синот за да умре, зашто го разурна Вааловиот жртвеник и ги исече Ашерите покрај него.”\n31 Јоас им одговори на сите кои стоеја околу него: „Зар вие ќе го браните Ваала? Зар вие ќе го спасувате? Кој го брани Ваала ќе биде погубен пред утрешниот ден. Ако е тој бог, нека се брани самиот од Гедеона, зашто му го разурнал жртвеникот.”\n32 Во тој ден го нарекоа Гедеона: Јеровал, зашто се зборуваше: „Самиот Ваал нека се пресмета со него, зашто му го разурна жртвеникот.”\n33 Сите Мадијамци, Амаликци и синовите на Исток се собраа, и откако го поминаа Јордан, се влогорија во Езраелската Долина.\n34 Господовиот Дух го укрепи Гедеона, и тој затруби во рог, и Авиезеровиот род застана зад него.\n35 Тој испрати гласници низ целото Манасиево племе, па и тие застанаа зад него. Испрати вестители и во племето Асирово, Завулоново и Нефталимово, па и тие им тргнаа во пресрет.\n36 Гедеон Му рече на Бога: „Ако навистина сакаш да го ослободиш Израел со мојата рака, како што вети,\n37 еве ќе сложам овчо руно на гумно: ако има роса само на руното, а ако земјата остане сува, тогаш ќе знам дека со мојата рака ќе го избавиш Израел, како што вети.”\n38 И бидна така. Гедеон порани утреден па исцеди роса од руното - полна кофа вода.\n39 Пак Гедеон Му рече на Бога: „Не разгневувај се на мене, дека ќе Ти проговорам уште еднаш. Дозволи ми уште овој пат да се обидам со руното: само руното нека биде суво, а росата нека биде по сета земја!”\n40 И Бог направи така во онаа ноќ: само руното остана суво, а росата падна по сета земја.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 998, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6651", "title": "Книга на израелеви судии/ 8 глава", "text": "1 Тогаш Ефремовите луѓе му рекоа на Гедеона: „Како постапи со нас: не нè повика кога тргна во бој против Мадијамците?” И му приговорија жестоко.\n2 Тој им одговори: „Па што сум направил јас кога ќе се споредам со вас? Не е ли Ефремовото дособирање подобро од Авиезеровиот гроздобер?\n3 Господ ги предаде во вашите раце мадијамските кнезови Орива и Зива. Може ли да се споредува моето дело со она што го направивте вие?” На тие зборови стивна нивниот гнев против него.\n4 Кога Гедеон дојде до Јордан, го помина, но тој и трите стотини луѓе, со него, беа изнемоштени и гладни.\n5 Затоа им рече на луѓето од Сокхот: „Дајте им леб на луѓето кои одат по мене, изнемоштени се. Јас ги гонам Зевеја и Салмана, мадијамските цареви.”\n6 Но сокхотските главатари му одговорија: „Зар Зевеевата и Салмоновата рака веќе се во твојата рака, за да и дадеме леб на твојата војска?”\n7 Гедеон им рече: „Добро! Кога Господ ќе ми ги предаде во рацете Зевеја и Салмана, ќе ви го раскинам телото со трње и со пустински глогови.”\n8 Оттаму отиде во Фануил и побара исто од Фануилците, а тие му одговорија како што му одговорија и Сокхотците.\n9 Тој им се закани и на Фануилците: „Кога ќе се вратам како победник, ќе ви ја разрушам оваа кула.”\n10 Зевеј и Салман беа во Каркор, и нивната војска со нив, околу петнаесет илјади луѓе, што беа оставени од војската на синовите на Исток; сто и дваесет илјади војници паднаа.\n11 Гедеон тргна по патот на оние што живеат под шатори, источно од Нова и Јогвеја, па ја порази војската што стоеше безгрижно.\n12 Зевеј и Салман избегаа. Тој ги подгони и ги фати двата мадијамски цареви, Зевеј и Салман. А сета војска им ја уништи.\n13 По битката Гедеон, синот Јоасов, се врати од војна преку Хереската Нагорница.\n14 И фати еден млад човек од Сокхот па почна да го распрашува; а тој му ги напиша имињата на сокхотските кнезови и старешини, седумдесет и седум луѓе.\n15 Потоа Гедеон отиде кај Сокхотците и рече: „Еве ги Зевеј и Салман заради кои ми се потсмевнувавте мене, велејќи: ‘Дали се Зевеевата и Салмоновата рака веќе во твојата рака па да им дадеме леб на твоите изнемоштени луѓе?’”\n16 Ги фати градските старешини, набра пустински трња и глогови, и ги казни со нив Сокхотците.\n17 Ја разурна Фануилската Кула и ги погуби жителите.\n18 Тогаш им рече на Зевеј и Салман: „Какви беа луѓето кои ги погубивте на Тавор?” „Личеа на тебе, - одговорија. - Секој беше како царски син.”\n19 ”Тоа беа мои браќа, синови на мајка ми - рече Гедеон - Господ е жив! Ако ги оставевте во живот, јас не би ве убил.”\n20 Потоа му заповеда на својот првенец Етер: „Стани, погуби ги!” Но детето не извлече меч: се боеше, уште беше младо.\n21 Тогаш Зевеј и Салман рекоа: „Стани ти и нападни нè зашто каков е човекот, таква му е и силата.” И откако стана, Гедеон ги погуби Зевеја и Салмана, и ги зеде месечинките украси што висеа на вратот на нивните камили.\n22 Израелците му рекоа на Гедеона: „Владеј над нас, ти и твојот син и твојот внук, зашто ти нè избави од Мадијамците.”\n23 Но Гедеон им одговори: „Не, не сакам да владеам над вас, а ни мојот син; Господ ќе биде ваш владетел.”\n24 Уште им рече Гедеон: „Само едно барам од вас: секој да ми го даде прстенот од својот плен.” Победените носеа златни прстења, зашто беа Исмаилци.\n25 ”Со радост”, одговорија тие. Тогаш тој го распростре својот плашт, и секој од нив фрли по прстен од својот плен.\n26 Тежината на златните прстења што ги побара изнесуваше илјада и седум стотини златни сикли; освен месечињата, наушниците и облеките од црвено сукно што ги носеа мадијамските цареви, и освен веришките што беа околу вратот на нивните камили.\n27 Гедеон направи од тоа ефод и го постави во својот град Офра. И сиот Израел блудно одеше таму по него; и тоа им беше стапица на Гедеона и на неговиот дом.\n28 Така Мадијамците беа покорени под Израелците. Веќе не ја креваа главата, и земјата беше мирна четириесет години, додека живееше Гедеон.\n29 Јеровал, синот Јоасов, отиде и живееше во својата куќа.\n30 Гедеон имаше седумдесет синови, кои потекнуваа од него, зашто имаше многу жени.\n31 Неговата наложница, која што живееше во Сихем, му роди син, кому му го даде името Авимелех.\n32 Гедеон, синот Јоасов, умре во длабока старост; го погребаа во гробот на татка му Јоас во Авиезерова Офра.\n33 По Гедеоновата смрт, Израелците пак почнаа да одат блудно по вааловците, па си го поставија за бог Ваал-Верит.\n34 Израелците веќе не си спомнуваа за Господа, својот Бог, кој ги избави од рацете на сите нивни непријатели наоколу.\n35 И не му искажуваа благодарност на домот на Јеровал, Гедеон, за доброто што му го направи на Израел.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 817, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6655", "title": "Книга на израелеви судии/ 10 глава", "text": "1 По Авимелеха стана Тола, синот Фуев, син Додов, за да го избави Израел. Тој беше од Исахаровото племе, а живееше во Самир, во Ефремовата Гора.\n2 Му беше судија на Израел дваесет и три години, а кога умре, го погребаа во Самир.\n3 По него стана Галатецот Јаир, кој му беше судија на Израел дваесет и две години.\n4 Имаше триесет синови, кои јаваа на триесет ослиња и имаа триесет градови, што се наречени до денешен ден Јаирови Села, а се наоѓаат во Галадската Земја.\n5 Кога умре Јаир, го закопаа во Камон.\n6 Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи. Им служеа на ваалите и на астартите, на арамејските богови и на сидонските богови, на боговите на Моавците и на боговите на Филистејците. А Го напуштија Господа и веќе не Му служеа.\n7 Тогаш Господ пламна со гнев и ги предаде во рацете на Филистејците и Амонците.\n8 Оттогаш тие ги угнетуваа и ги измачуваа Израелците осумнаесет години - сите Израелци кои живееја отаде Јордан, во Аморејската Земја, што е во Галад.\n9 Потоа Амонците поминаа преку Јордан за да завојуваат и против Јуда и Венијамин, и против Ефремовиот дом, па Израел се најде во голема неволја.\n10 Тогаш Израелевите синови извикаа кон Господа, велејќи: „Грешевме кон Тебе зашто Го оставивме Господа, нашиот Бог, за да им служиме на ваалите.”\n11 А Господ им одговори на Израелците: „Нели ве угнетуваа Египетците и Аморејците, Амонците и Филистејците,\n12 Сидонците, Амаликците и Маонците? Но кога извикавте кон Мене, нели ве избавив од нивните раце?\n13 А вие ме оставивте Мене и почнавте да им служите на други богови. Заради тоа не ќе ве избавам веќе.\n14 Одете и викајте им за помош на оние богови што сте ги избрале! Тие нека ве избават од вашата неволја!”\n15 Израелевите синови Му одговорија на Господа: „Согрешивме! Прави со нас што Ти е угодно, само избави нè денес!”\n16 И ги отстранија туѓите богови и почнаа пак да му служат на Господа. А Господ веќе не можеше да трпи Израелците да патат.\n17 Кога Амонците се собраа и се влогорија во Галад, се собраа и Израелците и се влогорија во Миспа.\n18 Тогаш народот и галадските началнци си рекоа едни на други: „Кој човек ќе нè поведе во бој против Амонците, нека биде началник на сите жители на Галад.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 392, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6653", "title": "Книга на израелеви судии/ 9 глава", "text": "1 Авимелех, синот Јеровалов отиде во Сихем при браќата на мајка си и им рече ним и на сиот дом на својата мајка:\n2 „Прашајте ги сите сихемски граѓани: ‘Што ви е подобро, над вас да владеат седумдесет луѓе, сите Јеровалови синови, или еден човек?’ Спомнете си дека јас сум од вашето тело и од вашите коски!”\n3 Браќата на неговата мајка им го пренесоа тоа на другите сихемски граѓани, и нивното срце се приклони кон Авимелеха, зашто зборуваа: „Наш брат е!”\n4 И му дадоа седумдесет сикли сребро од храмот Вал- Веритов; со тоа Авимелех најми расипаници и ништожници, кои тргнаа по него.\n5 Тогаш дојде во домот на татка си во Офра, и ги погуби своите браќа, Јероваловите синови, седумдесет луѓе, на еден камен. Му избега само Јотам, најмладиот Јеровалов син, зашто се беше скрил.\n6 Тогаш се собраа сите сихемски граѓани и сиот Милов дом па го поставија Авимелеха за цар кај дабот што стои во Сихем.\n7 Кога му раскажаа за тоа на Јотам, тој отиде и застана на врвот на гората Гаризин и им извика со сиот глас: „Чујте ме сихемски жители, и Бог ќе ве послуша вас!\n8 Еднаш тргнале дрвата за да помазат цар кој ќе владее над нив. Па и рекоа на маслинката: ‘Биди ни цар!’\n9 Маслинката им одговори: ‘Зар да се одречам од своето масло, што им е на чест на Бог и на луѓето за да владеам над другите дрва?’\n10 Тогаш дрвата и рекоа на смоквата: ‘Дојди, биди ни цар!’\n11 Смоквата им одговори: ‘Зар да се откажам од слаткоста и од својот красен плод за да владеам над другите дрва?’\n12 Тогаш дрвата и рекоа на лозата: ‘Дојди, биди ни цар!’\n13 Лозата им одговори: ‘Зар да се одречам од виното што ги весели Бог и луѓето за да владеам над другите дрва?’\n14 Тогаш сите дрва му рекоа на трнот: ‘Дојди, биди ни цар!’\n15 А трнот им одговори на дрвата: ‘Ако навистина сакате да ме помажете за цар засолнете се под мојата сенка; ако не сакате, оган ќе пламне од трнот и ќе ги изгори сите ливански кедри.’”\n16 ”И така, дали постапивте според вистината и правдата кога го избравте Авимелеха за цар? Дали се однесовте добро кон Јеровоал и кон неговиот дом? Дали му возвративте за делата што ги направи за вас?\n17 Мојот татко се бореше за вас, изложувајќи го својот живот, па ве избави од рацете на Мадијамците,\n18 а вие денес станавте против домот на татка ми; ги погубивте неговите синови - седумдесет луѓе на ист камен, и го направивте цар, нас жителите на Сихем, Авимелех, синот на неговата робинка, затоа што е ваш брат!\n19 Ако денес постапевте според вистината и според правдата со Јеровоал и со неговиот дом, радувајте се со Авимелеха, а тој нека се радува со вас!\n20 Ако не - оган нека излезе од Авимелеха и нека ги изгори жителите на Сихем и сиот Бет-Мило (Дом на Мило), и нека излезе оган од граѓаните на Сихем и од Миловиот дом и нека го изгори Авимелеха!”\n21 Тогаш Јотам избега, се засолна и дојде во Вир, и остана таму, зашто се боеше од брата си Авимелеха.\n22 Авимелех царуваше над Израел три години.\n23 Тогаш Господ испрати дух на раздор меѓу Авимелеха и сихемските жители, и сихемските граѓани се побунија против Авимелеха,\n24 за да биде одмазден, на тој начин, злосторот направен над седумдесетте Јеровалови синови и за да падне нивната крв на нивниот брат Авимелех, кој ги погуби, и на жителите на Сихем, кои му помогнаа да ги убие браќата.\n25 Сакајќи да му напакостат, сихемските жители поставија заседи по планинските врвови и го ограбуваа секого, кој би поминал покрај нив по оној пат. Му го јавија тоа на Авимелеха.\n26 Гал, синот Еведов, дојде со своите браќа и се насели во Сихем; а сихемските жители имаа доверба во него.\n27 Откако отидоа во полето, во своите лозја, собираа грозје и го газеа, а потоа почнаа со веселба; влегоа во храмот на својот бог, јадеа, пиеја и го проколнуваа Авимелеха.\n28 А Гал, синот Еведов, извика: „Кој е Авимелех за да му служиме? Зар не би требало Јероваловиот син и неговиот заменик Зевул да им служат на луѓето на Емор, Сихемовиот татко? Зошто ние да му служиме нему?\n29 О, кога би го имал овој народ во својата рака, би го протерал Авимелеха и би му рекол: ‘Зголеми ја својата војска и излези во бој!’”\n30 А кога градскиот началник, Зевул, научи што зборувал Гал, синот Еведов, се разгневи.\n31 Им испрати гласници на Авимелех и на Арум и им порача: „Еве, Гал, синот Еведов, дојде во Сихем, со своите браќа, и ги бунтува граѓаните против тебе.\n32 Затоа стани ноќе, ти и народот што е со тебе, и застани во заседа во полето.\n33 А наутро, кога ќе изгрее сонцето, стани и удри на градот. Кога Гал и неговите луѓе ќе излезат пред тебе, ти направи со нив како што ќе можеш со твојата рака.”\n34 Авимелех стана ноќе, со сите свои луѓе, и постави заседа околу Сихем во четири одреди.\n35 Кога Гал, синот Еведов, излезе пред градската врата и застана, Авимелех и неговите луѓе се појавија од заседата.\n36 Гал ги здогледа луѓето и му рече на Зевула: „Ене слегуваат луѓе од горските врвови.” А Зевул му одговори: „Од сенките на планинските врвови ти се причинуваат луѓе.”\n37 Гал проговори пак: „Ене слегуваат луѓе од возвишението, а една чета доаѓа по патот од дубравата Меоним.”\n38 Тогаш Зевул му рече: „Каде ти е сега јазикот? Па ти зборуваше: ‘Кој е Авимелех за да му служиме?’ Не се ли онаму луѓето што ти ги презре? Излези сега и биј се со Авимелех!”\n39 И Гал излезе на чело на сихемските жители и се судри со Авимелех.\n40 Авимелех го подгони Гала, и тој побегна пред него; и многу негови луѓе паднаа убиени, до самата градска врата.\n41 Авимелех тогаш се врати во Арума, а Зевул ги истера Гала и неговите браќа, за да не живеат во Сихем.\n42 Утреден народот излезе во поле, и му го соопштија тоа на Авимелех.\n43 Тој ја зеде својата војска, ја подели во три одреди и постави заседа во полето. Кога ќе видеше како луѓето излегуваат од градот, се нафрлаше врз нив и ги погубуваше.\n44 Додека Авимелех, со својот одред, удираше кај градската врата, другите два одреди се нафрлија врз оние кои беа во полето, и така ги погубија.\n45 Авимелех го опсадуваше градот цел ден. Откако го зазеде, ги погуби сите жители; го разурна градот и посеа сол по него.\n46 Кога го чуја тоа господарите на Мигдал Сихем, влегоа сите во утврдениот простор на храмот Вал-Верит.\n47 Кога Авимелех научи дека сите жители на Мигдал-Сихем се собрале таму,\n48 се искачи на Салмонската Гора со сета своја војска. Откако зеде секира во раката, отсече гранка од дрво, ја крена и ја стави на рамото. А на луѓето им заповеда: „Што видовте дека направив јас, направете брзо и вие.”\n49 И сите луѓе пресекоа по гранка за себе, а потоа тргнаа по Авимелеха, ги нафрлија гранките пред тврдината и ја запалија со оган со нивна помош. Така умреа сите луѓе на Мигдал Сихем (Сихемска Тврдина), околу илјада мажи и жени.\n50 Потоа Авимелех тргна против Тевес, го опседна и го освои.\n51 Таму имаше, среде град, стражарница, каде се засолнаа сите мажи и жени и сите градски жители. Откако ја затворија вратата зад себе, се искачија на покривот на стражарницата.\n52 Авимелех дојде до стражарницата и ја нападна. Додека и пристапуваше на вратата за да ја изгори со оган,\n53 една жена му фрли млински камен на главата и му го скрши черепот.\n54 Тој го повика брзо својот слуга, оружјеносецот, и му рече: „Истргај го мечот и убиј ме за да не се зборува за мене: ‘Жена го уби!’” Неговиот слуга го прободе, па тој умре.\n55 Кога Израелците видоа дека Авимелех е мртов, сите се вратија во своите места.\n56 Така Бог му плати на Авимелеха за злото што тој му го стори на татка си, убивајќи седумдесет свои браќа.\n57 И сите зли дела на сихемските мажи Бог ги сврте врз нивните глави. И така ги стигна проклетството на Јотам, синот Јеровалов.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1375, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6657", "title": "Книга на израелеви судии/ 11 глава", "text": "1 Галадецот Јефтај беше храбар војник. Блудница го роди, а татко му беше Галад.\n2 Но на Галад и на неговата жена им се родија синови, па кога пораснаа синовите на жената, го избркаа Јефтаја, велејќи му: „Не ќе добиеш наследство од нашиот татко, зашто си син на жена туѓинка.”\n3 Затоа Јефтај побегна од своите браќа и се насели во земјата Тов. Таму, околу него се собра група бескуќници, кои пљачкосуваа со него.\n4 По некое време Амонците завојуваа против Израел.\n5 Кога Амонците го нападнаа Израел, галадските старешини тргнаа да го бараат Јефтаја во земјата Тов.\n6 ”Дојди - му рекоа - биди ни војвода, да војуваме против Амонците.”\n7 Но Јефтај им одговори на галадските старешини: „Нели вие ме мразевте и нели ме изгонивте од куќата на татка ми? Зошто доаѓате сега при мене, а кога сте во неволја?”\n8 Галадските старешини му рекоа на Јефтај: „Затоа дојдовме при тебе: дојди со нас, поведи војна против Амонците, и ќе ни бидеш главатар нам и на сите во Галад.”\n9 Јефтај ги праша галадските старешини: „Ако ме одведете назад за да војувам против Амонците, па ако Господ ми ги предаде мене, ќе бидам ли ваш главатар?”\n10 ”Господ нека биде сведок меѓу нас - му одговорија на Јефтаја градските старешини - дека ќе постапиме според твоето слово!”\n11 И Јефтај отиде со старешините на Галад. Народот го постави за свој главатар и војвода; а Јефтај ги повтори сите свои услови пред Господа во Миспа.\n12 Тогаш Јефтај му испрати пратеници на царот на Амонците со порака: „Што има меѓу тебе и мене па си дошол да војуваш против мојата земја?”\n13 Царот на Амонците им одговори на Јефтаевите посланици: „Во времето кога излегуваше од Египет, Израел ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и до Јордан. Затоа сега врати ми ја доброволно!”\n14 Јефтај повторно му испрати пратеници на царот на Амонците,\n15 и му порача: „Вака зборува Јефтај: ‘Израел не зеде ни моавска ни амонска земја,\n16 туку, откако излезе од Египет, Израел помина преку пустината до Црвеното Море и дојде до Кадис.\n17 Тогаш Израел му испрати пратеници на едомскиот цар со молба: Сакам да поминам низ твојата земја! Но едомскиот цар не ги послуша. Ги испрати и при моавскиот цар, но и тој не сакаше, та Израел остана во Кадис.\n18 Потоа преку пустината ги заобиколи Едомската и Моавската Земја и дојде на исток од Моавската Земја. Народот постави логор од онаа страна на Арнон не преминувајќи ја границата на Моав, зашто Арнон беше моавска меѓа.\n19 Потоа Израел му испрати пратеници на Сион, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон, и му порача: „Пушти ме да поминам низ твојата земја до местото што ми е одредено.”\n20 Но Сион не го пушти Израел да помине преку неговото подрачје, туку ја собра сета своја војска, што беше влогорена во Јаса и зафати бој со Израел.\n21 Господ, Израелевиот Бог, ги предаде Сиона и сета негова војска во рацете на Израел, кој ги порази; та Израел ја завладеа сета земја на Аморејците, кои го населуваа тоа подрачје.\n22 Така ја завладеа сета земја на Аморејците од Арнон до Јавок, и од пустината до Јордан.\n23 И сега кога Господ, Израелевиот Бог, ги протера Аморејците пред Својот народ Израел, ти би сакал да нè избркаш?\n24 Зар не е твое она што твојот бог Хемос им го одзеде на старите сопственици? Така и сè она што Господ, нашиот Бог, им го одзеде на старите сопственици, ние го имаме сега во сопственост!\n25 Во што си ти подобар од моавскиот цар Валак, синот Сефоров? Дали и тој спореше со Израел? Дали тој војуваше против него?\n26 Кога Израел се насели во Есевон и во неговите села, во Ароир и во неговите села, а така и по сите градови на брегот на Јордан - еве, веќе триста години - зошто тогаш не ги одзедовте?\n27 Јас не ти згрешив тебе, туку ти ми правиш неправда војувајќи против мене. Господ, Судијата, нека пресуди денес меѓу Израелевите синови и Амоновите синови.’”\n28 Но царот на Амонците не ги послуша зборовите што му ги испрати Јефтај.\n29 Господов Дух дојде на Јефтај, па тој помина низ Галадовото и низ Манасиевото племе, помина низ Галадска Миспа, а од Галадската Миспа дојде зад Амонците.\n30 И Јефтај Му се заветува на Господа: „Ако ми ги предадеш Амонците во раце,\n31 првиот кој ќе излезе низ вратата на мојата куќа за да ме пресретне, кога ќе се враќам како победник од бојот со Амонците, ќе биде Господов, и него ќе го принесам како паленица.”\n32 Јефтај тргна против Амонците за да ги нападне, и Господ ги предаде во неговите раце.\n33 И Јефтај ги порази од Ароир до близу Минт - во дваесет градови - и сè до Авел-Керамим. Тоа беше нивни голем пораз; и Амонците беа покорени пред Израел.\n34 Кога Јефтај се врати дома во Миспа, ете, во пресрет му излезе ќерката, играјќи при звуци на тапани. Таа му беше единка, освен неа немаше ни син ни ќерка.\n35 Кога ја виде, ги раздра своите облеки и рече: „Ах, моја ќерко, ме фрли во голема тага! Зар токму ти требаше да ми донесеш несреќа! Те заветував на Господа, и не можам да го одречам заветот.”\n36 Таа му одговори: „Татко мој, ако си Му направил завет на Господа, стори со мене како што си се заветувал, зашто Господ ти даде да им се одмаздиш на Амонците, на своите непријатели.”\n37 Тогаш го замоли татка си: „Исполни ми ја оваа молба: пушти ме да бидам слободна два месеца; ќе скитам по горите со моите другарки и ќе ја оплачувам мојата девственост.”\n38 ”Оди”- и рече тој, и ја пушти за два месеца. Таа отиде со своите другарки, и ја оплакуваше својата девственост по горите.\n39 Кога поминаа два месеца, таа се врати при таткото, и тој го исполни врз неа заветот што го беше направил. И никогаш не беше запознала маж. Оттогаш стана обичај во Израел\n40 секоја година Израелевите ќерки да отидат и да ја оплакуваат ќерката на Галадецот Јефтај, четири дена во годината.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1009, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6659", "title": "Книга на израелеви судии/ 12 глава", "text": "1 Тогаш се собраа луѓе од Ефремовото племе, го поминаа Јордан при патот кон Сафон и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во бој против Амонците, а нас не нè повика да дојдеме со тебе? Ќе ти ја изгориме куќата заедно со тебе!”\n2 Јефтај им одговори: „Имавме голем спор, јас и мојот народ, и Амонците нè угнетуваа тешко. Ве повикав на помош, но вие не ме избавивте од нивните раце.\n3 Гледајќи дека нема кој да ме спаси, го ставив животот на жрепка, отидов сам против Амонците, и Господ ми ги предаде во рацете. И така, зошто тргнавте денес да војувате против мене?”\n4 Тогаш Јефтај ги собра сите Галадци и удри на Ефрема. Галадците го поразија Ефрема, зашто овие зборуваа: „Вие сте, Галадци, Ефремови бегалци, кои живеевте среде Ефрема и Манасија.”\n5 Потоа Галадците им ги пресекоа на Ефрема јорданските бродови, и кога некој Ефремов бегалец ќе речеше: „Пуштете ме да поминам,” Галадците ќе го прашаа: „Дали си Ефремовец?” Ако речеше тој: „Не сум,”\n6 тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!” (клас). Тој велеше: „Сиболет,” зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе.\n7 Јефтај му судеше на Израел шест години. А кога Галадецот Јефтај почина, го погребаа во неговиот град, во Галад.\n8 По него судија во Израел беше Авесан од Витлеем.\n9 Тој имаше триесет синови и триесет ќерки, кои ги омажи од куќата, а на своите синови им донесе однадвор триесет жени. Тој му судеше на Израел седум години.\n10 Потоа умре Авесан, и го погребаа во Витлеем.\n11 По него судија во Израел беше Завулонецот Елон. Тој му судеше на Израел десет години.\n12 Потоа умре Завулонецот Елон, и го погребаа во Ајалон во Завулоновата Земја.\n13 По него судија во Израел беше Авдон, синот Елилов од Фаратон.\n14 Тој имаше четриесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња. Тој му судеше на Израел осум години.\n15 Потоа почина Авдон, синот Елилов од Фаратон, и го погребаа во Фаратон во Ефремовата Земја, во Амаликовата Гора.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 356, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6669", "title": "Книга на израелеви судии/ 17 глава", "text": "1 Во Ефремовото племе имаше човек по име Миха.\n2 Тој и рече на мајката: „Илјадата и сто сребрени сикли што ти беа украдени и заради кои изусти клетва - моите уши ја чуја - тие сребреници се кај мене, јас ги зедов.” Мајка му му одговори: „Господ да те благослови, сине мој!”\n3 И Миха и врати илјада и сто сребрени сикли. А мајка му му рече: „Тие сребреници Му ги посветив на Господа од својата рака за тебе, сине мој, за да биде изработен за тоа режан или леан лик. И еве, затоа ги давам.”\n4 Мајката зеде двеста сребрени сикли и му ги даде на златарот. Тој направи од нив режан и леан кип, што го поставија во Михината нова куќа.\n5 Тој му изгради светилиште, потоа направи ефод (наплеќник) и терафим (куќни идоли) па посвети еден од своите синови за да му биде свештеник.\n6 Во тоа време немаше цар во Израел, и секој работеше што сакаше.\n7 Беше еден млад човек од Витлеем во Јуда, од Јудиното племе; беше левит и престојуваше таму како придојденик.\n8 Тој човек си отиде од градот Витлеем, во Јуда, за да се настани во некое згодно место како придојденик. Патувајќи дојде до Михината куќа во Ефремовата Гора.\n9 Миха го праша: „Од каде доаѓаш?” „Јас сум левит од Јудиниот Витлеем - му одговори тој - и патувам да се настанам некаде.”\n10 ”Остани кај мене - му рече Миха - и биди ми татко и свештеник, а јас ќе ти давам по десет сребрени сикли годишно, облека и храна.” И левитот влезе.\n11 Левитот се согласи да остане кај него, и младиот човек му беше како еден од синовите.\n12 Миха го посвети левитот за свештеник; младиот човек стана негов свештеник и живееше во Михината куќа.\n13 ”Сега знам - рече Миха - дека Господ ќе ми направи добро кога имам левит за свештеник.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 312, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6663", "title": "Книга на израелеви судии/ 14 глава", "text": "1 И Самсон слезе во Тамнат и здогледа таму девојка од филистејските ќерки.\n2 Откако се врати, им го довери тоа на таткото и на мајката: „Забележав во Тамнат - рече тој - девојка од филистејските ќерки: оженете ме со неа.”\n3 Таткото и мајката рекоа: „Зар нема девојки меѓу ќерките на твоето племе и во сиот наш народ, па ти одиш да земеш жена од необрезаните Филистејци?” Но Самсон му одговори на татка си: „Ожени ме со неа, зашто таа ми замиле.”\n4 Таткото и мајката не знаеја дека тоа е од Господа, Кој бараше закачка со Филистејците, зашто во тоа време Филистејците владееја над Израел.\n5 Така Самсон слезе во Тамнат и кога дојде во Тамнатските Лозја, ете - одненадеж пред него скокна млад лав, рикајќи.\n6 Господовиот Дух го опфати Самсона и тој голорак го раскина лавот, како што се раскинува јаре; но не им кажа ни на таткото ни на мајката што направил.\n7 Откако дојде, разговараше со девојката, и така му замиле.\n8 По некое време, кога се врати да ја одведе, Самсон сврти за да го види мртвиот лав, а ете во мртвиот лав рој пчели и мед.\n9 Тој зеде мед во рацете, и го јадеше одејќи патем. Кога се врати при таткото и при мајката, им даде и ним, па и тие јадеа, но не им кажа дека го зел од мртов лав.\n10 Потоа отиде кај жената, и таму му приготвија гозба на Самсона; траеше седум денови, зашто таков обичај имаа младоженците.\n11 Но бидејќи се плашеа од него, избраа триесет свадбени другари да бидат покрај него.\n12 Тогаш Самсон им рече: „Ајде да ви дадам загатка. Ако ја отгатнете во текот на седумте свадбени денови, ќе ви дадам триесет ленени кошули и триесет свечени облеки.\n13 Но ако не можете да ја отгатнете, вие ќе ми дадете мене триесет ленени кошули и триесет свечени облеки.” „Кажи ни ја загатката - му одговорија тие - ние те слушаме.”\n14 А тој им рече: „Од оној што јаде излегло јадење, од силниот излезе слатко.” Но за три дни не можеа да ја отгатнат загатката.\n15 На четвртиот ден и рекоа на Самсоновата жена: „Извлечи го од мажот, со измама, решението на гатанката, или ќе ве спалиме и тебе и татковиот ти дом! Зар нè повикавте тука, за да не ограбите?”\n16 Тогаш жената, расплакана, пред него рече: „Ти само ме мразиш, и не ме љубиш. Им даде гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја објасни.” Тој и одговори: „Не им ја објаснив ни на таткото ни на мајката, па тебе ли ќе ти ја објаснам?”\n17 Таа му плачеше околу вратот седум денови, колку што траеше гозбата. На седмиот ден тој и ја кажа, зашто му досади многу. А таа им ја кажа на синовите на својот народ.\n18 На седмиот ден, пред зајдисонце, луѓето од градот му рекоа на Самсона: „Што има послатко од мед и што има посилно од лав?” А тој им одговори: „Ако не оравте со мојата јуница, не ќе ја погодевте гатанката.”\n19 Тогаш Господов Дух дојде на него, па тој слезе во Аскалон и таму уби триесет луѓе, им ја зеде облеката и им даде свечени облеки на оние, кои ја отгатнаа гатанката, а тогаш сиот гневен се врати во татковата куќа.\n20 А Самсоновата жена му ја дадоа на другарот, кој му беше свадбен придружник.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 564, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6665", "title": "Книга на израелеви судии/ 15 глава", "text": "1 По некое време, во жетвата на пченицата, Самсон дојде да ја посети својата жена, донесувајќи и јаре, и рече: „Сакам да влезам кај својата жена во одајата.” Но неговиот тест не му дозволи.\n2 ”Мислев - му рече тој - дека си ја замразил, па му ја дадов на твојот другар. Но зар нејзината помлада сестра не е поубава од неа? Земи ја место неа!”\n3 Самсон му одговори: „Овој пат нема да им бидам виновен на Филистејците, кога ќе им направам зло.”\n4 И Самсон отиде, фати триста лисици, зеде гламни и, свртувајќи ја опашката кон опашката, стави по една гламна меѓу две опашки.\n5 Тогаш ги запали гламните, ги пушти лисиците во филистејските ниви и им ги запали сноповите и неожниеното жито, и лозјата, и маслинките.\n6 Филистејците запрашаа: „Кој го направи тоа?” Им одговорија: „Самсон, Тамнатевиот зет, затоа што тестот му ја одзеде жената и му ја даде на неговиот другар.” Тогаш Филистејците отидоа и ги изгореа со оган неа и татковиот и дом.\n7 ”Штом го направивте тоа - им рече Самсон - не ќе мирувам додека не ви се одмаздам.”\n8 И ги натепа сите со силни удари, вдолж и напреку, и ги порази. После тоа отиде во пештерата на Итамската Стена и заседна таму.\n9 Тогаш Филистејците тргнаа, се влогорија во Јуда и се раширија до Лехиј.\n10 ”Зошто тргнавте против нас?” - ги прашаа Јудејците. А тие им одговорија: „Тргнавме да го врземе Самсона и да му направиме како што тој ни направи нам.”\n11 Тогаш три илјади Јудејци отидоа кај пештерата на Итамската Стена и му рекоа на Самсона: „Зар не знаеш дека Филистејците господарат над нас? Тогаш зошто ни го направи тоа?” Тој им одговори: „Како тие мене, така јас ним!”\n12 А тие му рекоа: „Дојдовме да те врзиме и да те предадеме во рацете на Филистејците.” „Заколнете ми се - им рече - дека не ќе ме убиете.”\n13 ”Не - му одговорија, - ние само ќе те врзиме и ќе те предадеме во нивните раце, но навистина не сакаме да те убиеме.” Тогаш го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.\n14 Кога го доведоа во Лехиј, и кога Филистејците, викајќи од радост, стрчаа кон него, Господовиот Дух го опфати, и јажињата на неговите раце станаа како ленени конци, прегорени со оган, и му паднаа од рацете.\n15 Откако забележа уште пресна челуст од осле, ја протегна раката, ја зеде онаа челуст и со неа уби илјада луѓе.\n16 Тогаш Самсон рече: „Со челуст на осле претепав купови, со челуст на осле убив илјада.”\n17 Откако го дорече тоа, ја фрли челуста од раката. Затоа оттогаш тоа место го викаат Рамат-Лехиј (Фрлена челуст).\n18 Бидејќи беше многу ожеднет, извика кон Господа: „Ти ја извојува оваа голема победа со рацете на Твојот слуга, а зар сега треба да умрам од жед и да им паднам во рацете на необрезаните?”\n19 Тогаш Господ ја расече вдлабоченоста што е кај Лехиј, и вода потече од неа. Самсон се напи, и му се врати силата, духот му оживе. Затоа на тој извор му го дадоа името Ен-Акоре(Извор на Оној Кој Повикува), а кој е уште и денес во Лехиј.\n20 Самсон беше судија во Израел, за време на филистејското владеење, дваесет години.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 543, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6661", "title": "Книга на израелеви судии/ 13 глава", "text": "1 Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за четириесет години.\n2 А беше некој човек од Сараја, од Дановото племе, по име Маној. Жена му беше неротка и немаше деца.\n3 На таа жена и се јави Господов Ангел и и рече: „Ти си неплодна и немаш раѓано.\n4 Но отсега внимавај: да не пиеш ни вино ни жестоки пијалаци, и да не јадеш ништо нечисто.\n5 Зашто, ќе заносиш, еве, и ќе родиш син. И брич нека не помине преку неговата глава, зашто детето, од мајчината утроба, ќе Му биде посветено на Бога - ќе биде Божји Назиреј, и тој ќе почне да го избавува Израел од рацете на Филистејците.”\n6 Жената отиде и му кажа на мажот: „Божји човек дојде кај мене, лицето му беше како на Божји Ангел, полно со достоинство. Не го прашав откаде дојде, ниту тој ми го кажа своето име.\n7 Но ми рече: ‘Ти ќе зачнеш и ќе родиш син. Отсега не пиј вино ни жестоки пијалаци, и не јади ништо нечисто, зашто твоето дете ќе биде Божји Назиреј од мајчината утроба до смртта.’”\n8 Тогаш Маној Му се помоли на Господа и рече: „Господи, Те молам, Божјиот човек, што еднаш го испрати, нека дојде уште еднаш кај нас и нека нè поучи што треба да правиме со детето кога ќе се роди!”\n9 Господ го послуша Маноја, и Господовиот Ангел дојде пак кај жената додека седеше во полето. Маној, нејзиниот маж, не беше покрај неа.\n10 Жената отрча брзо за да го извести мажот и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој дојде кај мене во оној ден.”\n11 Маној стана, тргна по жената, и кога дојде при човекот, го праша: „Дали си ти оној, кој зборуваше со женава?” А тој одговори: „Јас сум.”\n12 ”Кога ќе се исполни она што си го рекол - пак рече Маној - според кои прописи и како треба да се постапува со детето?”\n13 Господовиот Ангел му одговори на Маноја: „Жената нека се чува од сè што и забранив.\n14 Нека не ужива ништо што доаѓа од виновата лоза, нека не пие ни вино ни жестоки пијалаци, нека не јаде ништо нечисто, и нека пази сè што и заповедав.”\n15 Тогаш Маној му рече на Господовиот Ангел: „Со задоволство ќе те задржиме и ќе те нагостиме со јаре.”\n16 На тоа Господовиот Ангел му рече на Маноја: „ И да ме задржиш, јас не ќе јадам од твоето јадење, туку ако сакаш да жртвуваш паленица, принеси Му ја на Господа.” Маној не знаејќи дека тоа е Господов Ангел,\n17 и му рече на Господовиот Ангел: „Како ти е името, за да можеме да те почестиме кога ќе се исполни она што го рече.”\n18 Господовиот Ангел му одговори: „Зошто прашуваш за моето име? Тоа е таинствено.”\n19 Тогаш Маној зеде јаре и лебен принос па Му ги жртвува, врз камен, како паленица на Господа, Кој прави таинствени работи.\n20 Кога пламенот од жртвеникот почна да се вишка кон небото, Господовиот Ангел се дигна во пламенот. Кога Маној и неговата жена го видоа тоа, паднаа со лицето на земја.\n21 Господовиот Ангел не им се јави веќе на Маној и на неговата жена. Тогаш Маној сфати дека тоа е Господов Ангел.\n22 ”Без друго ќе умреме - и рече на жената - зашто Го видовме Бога.”\n23 ”Ако Господ сакаше да нè умртви, - му одговори жената - не ќе ги примеше паленицата и лебниот принос од нашата рака, не ќе ни го покажеше сè тоа ниту ќе нè оставеше да чуеме нешто такво.”\n24 Жената роди син и му го даде името: Самсон. Детето порасте, и Господ го благослови.\n25 И Господовиот Дух почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Сараја и Естаол.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 629, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6698", "title": "Прва книга Самоилова/ 5 глава", "text": "1 Кога Филистејците го освоија Божјиот Ковчег, го пренесоа од Евен Езер во Азот.\n2 На тоа Филистејците го зедоа Божјиот Ковчег, го внесоа во Дагоновиот храм и го сместија покрај Дагона.\n3 Утреден наутро, ете, Дагон лежеше ничкум на земјата пред Господовиот Ковчег. Тие го кренаа Дагона и го ставија на неговото место.\n4 Ама кога поранија наутро, ете, Дагон лежеше пак на земјата пред Господовиот Ковчег; Дагоновата глава и двете негови раце лежеа отсечени на прагот: на местото стоеше само Дагоновиот труп.\n5 Затоа Дагоновите свештеници и сите кои влегуваат во Дагоновиот храм не стапнуваат со нога на Дагоновиот праг во Азот сè до денешен ден.\n6 Тогаш Господовата рака ги притисна тешко жителите на Азот и ги натера во силен страв: ги казни со чиреви, Азот и неговото подрачје.\n7 Кога луѓето во Азот видоа што се случи, рекоа: „Ковчегот на Израелевиот Бог не смее да остане кај нас, зашто Неговата рака се испружила против нас и против нашиот бог Дагон.”\n8 Тие ги свикаа и ги собраа сите филистејски кнезови кај себе и рекоа: „Што да правиме со Ковчегот на Израелевиот Бог?” А тие одговорија: „Ковчегот на Израелевиот Бог нека биде пренесен во Гат.” И го пренесоа таму Ковчегот на Израелевиот Бог.\n9 Ама кога го пренесоа, Господовата рака се спушти на градот и настана силна стравотија: ги удри граѓаните, од најмалите до најголемите така што им се појавија чиреви.\n10 Тогаш го испратија Божјиот Ковчег во Акарон, Акаронците повикаа: „Го донесоа Ковчегот на Израелевиот Бог кај нас, за да нè помори нас и сиот наш народ!”\n11 Затоа испратија и ги собраа сите филистејски кнезови и рекоа: „Испратете го назад Ковчегот на Израелевиот Бог, нека биде вратен на своето место, за да не нè помори нас и нашиот народ!” Зашто владееше смртен страв во целиот град, толку таму беше притиснала Господовата рака.\n12 Луѓето кои не изумреа, беа удрени со чиреви и болниот вик на градот се дигаше до небото.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_5_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 330, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6673", "title": "Книга на израелеви судии/ 19 глава", "text": "1 Во она време кога во Израел уште немаше цар, во Израел живееше еден човек, левит, како придојденик на крајот на Ефремовата Гора. Тој зеде за наложница жена од Јудиниот Витлеем.\n2 Откако му се расрди еднаш, неговата наложница го остави и се врати во татковата куќа во Јудиниот Витлеем, и беше таму некое време, околу четири месеци.\n3 Нејзиниот маж отиде кај неа за да ја вразуми и за да ја доведе назад; водеше со себе слуга и две ослиња. Додека и приоѓаше на куќата на таткото на младата жена, тестот го забележа и му излезе радосно во пресрет.\n4 Тестот, таткото на младата жена, го задржа три дни кај себе, па јадеа, пиеја и ноќеваа.\n5 На четвртиот ден поранија; левитот се готвеше да си оди, кога таткото на младата жена му рече на зетот: „Поткрепи се со залак леб, па потоа одете си.”\n6 И така седнаа, па двајцата јадеа и пиеја, а тогаш таткото на младата жена му рече на човекот: „ Остани уште ноќеска и нека се развесели твоето срце!”\n7 Кога човекот стана да тргне, тестот почна да навалува на него, па тој преноќева уште еднаш таму.\n8 На петтиот ден левитот порани да тргне, но таткото на младата жена му рече: „Поткрепи се најнапред!” Така го поминаа времето заедно додека денот не превали.\n9 Човекот стана да си оди со соложницата и со слугата, кога тестот, таткото на младата жена, му рече: „Еве денот превали кон вечер, преноќувај тука и повесели се, а утре пораните на пат и ќе се вратиш во твојот дом.”\n10 Но човекот нејќеше да преноќева, туку стана и тргна. Така дојде до пред Евус, односно Ерусалим. Со него беа две насамарени ослиња, наложницата и слугата.\n11 Кога беа близу Ерусалим, денот веќе многу превали, па слугата му рече на својот господар: „Да влеземе во овој евусејски град и да ноќеваме во него.”\n12 Но господарот му одговори: „Нема да влеземе во град на туѓинци, кои не се Израелци, туку ќе одиме до Гаваја.”\n13 Уште му рече на слугата: „Ајде, да побрзаме за да стигнеме во некое од тие места - во Гаваја или во Рама.”\n14 И поминаа, продолжувајќи го патот. Кога стигнаа пред Венијаминова Гаваја, сонцето заоѓаше.\n15 И тие свратија таму, за да одат да ноќеваат во Гаваја. Откако влезе, седна на градското трговиште, но немаше некого за да ги прими во куќата за преноќевање.\n16 И ете, еден старец се враќаше, пред вечер, од работа во полето. Тоа беше човек од Ефремовата Гора, живееше во Гаваја како придојденик, а сите жители на местото беа Венијаминови синови.\n17 Подигајќи ги очите, го виде патникот на градската улица: „Од каде доаѓаш, и каде одиш?”- го праша старецот.\n18 А тој му одговори: „Доаѓаме од Јудиниот Витлеем кон Ефремовата Гора, од каде што сум јас. Отидов во Јудиниот Витлеем и се враќам дома; но нема некој за да ме прими кај себе во куќата.\n19 Имам и слама и крма за моите ослиња, а и леб и вино за себе, за мојата жена и за момокот, што ме придружува мене, твојот слуга. Имаме сè доста.”\n20 ”Мир со тебе и добро ми дојде - одговори старецот. - Моја грижа е за тоа што ти е потребно, само не ноќевај на улица.”\n21 И го воведе во својот дом и им даде крма на ослиците. Патниците си ги измија нозете, а тогаш јадеа и пиеја.\n22 Додека тие се закрепнуваа, ете, некои граѓани, развратни луѓе, му ја опкружија куќата и, тропајќи со сета сила на вратата, му рекоа на старецот, господарот на куќата: „Изведи го тој човек кој влезе во твојот дом за да го познаеме.”\n23 Тогаш домаќинот излезе од куќата и им рече: „Не, браќа мои, не правете зло. Човекот влезе во мојот дом, затоа не правете беззаконие.\n24 Еве, мојата ќерка е девица, ќе ви ја отстапам. Правете со неа што ви е мило, но на овој човек не правете му беззаконие.”\n25 Луѓето не сакаа да го послушаат. Тогаш оној човек ја зеде соложницата па им ја изведе. Тие ја силуваа и ја измачуваа цела ноќ до утрото, а кога забелеа мугрите, ја пуштија.\n26 Пред зората, жената дојде и падна при вратата на куќата на оној човек каде што беше нејзиниот господар, и лежеше таму додека не се раздени.\n27 Нејзиниот господар стана наутро, ја отвори куќната врата па излезе за да го продолжи патот; кога ја забележа жената, својата соложница, како што лежи при куќната врата, со рацете на прагот.\n28 ”Стани, да си одиме” - и рече. Но немаше одговор. Тогаш ја зеде, ја натовари на ослето и тргна на пат за да се врати дома.\n29 Кога дојде дома, извади нож и го зеде мртвото тело на соложницата, го исече, член по член, на дванаесет делови и ги распрати во сите краишта на Израел.\n30 И секој што виде, рече: „Вакво нешто не се случило од денот кога Израелците излегоа од Египет до денешниот ден. Треба за тоа да се размисли, да се посоветува и да се зборува.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 838, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6677", "title": "Книга на израелеви судии/ 21 глава", "text": "1 Израелевите луѓе се заколнаа вака во Миспа: „Никој од нас не ќе даде своја ќерка за жена на Венијаминов син.”\n2 И народот отиде во Ветил и остана таму пред Господа до вечерта, тажејќи и плачејќи.\n3 Зборуваа: „Зошто, о Господи, Израелев Боже, требаше да се случи оваа несреќа, за да му снема денес едно племе на Израел?”\n4 Утреден луѓето поранија и изградија таму жртвеник; принесоа паленици и помирителни жртви.\n5 Тогаш Израелците прашаа: „Има ли некое од сите Израелеви племиња што не дошло на собирот при Господа?” Зашто свечено се заколнаа дека ќе го погубат оној, кој не ќе дојде во Миспа при Господа.\n6 На Израелците им се сожали за братот Венијамин, та рекоа: „Денес е откинато едно племе од Израел.\n7 Како ќе им дадеме жени на оние кои останаа, кога Му се заколнавме на Господа дека не ќе им даваме свои ќерки за жени?”\n8 Затоа прашаа: „Има ли некој од Израелевите племиња што не дошол при Господа во Миспа?” И се покажа дека никој од жителите на Јавис Галадски не дојде во логорот, на собирот.\n9 Зашто кога народот се преброи, таму немаше никого од жителите на Галадски Јавис.\n10 Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади храбри луѓе и им заповеда: „Идете и исечете ги со остри мечеви жителите на Галадски Јавис, заедно со жените и децата.\n11 Еве што ќе направите: ќе ги предадете на проклето погубување сите мажи и сите жени, кои делеле постела со маж, но ќе го запазите животот на девиците.” Така и направија.\n12 И најдоа меѓу жителите на Јавис во Галад четири стотини млади девојки, кои не делеле постела со маж, и ги доведоа во логорот во Сило, што е во Ханаан.\n13 Тогаш сето општество им испрати пратеници на Венијаминовите синови, кои беа на Римонската Стена: им објавија мир.\n14 Така се созеде Венијамин. Им ги дадоа оние од жените, од Галадски Јавис, кои ги оставија во живот, но не ги имаше достатно за сите.\n15 На народот му се нажали за Венијамин, зашто Господ направи празнина меѓу Израелевите племиња.\n16 ”Како ќе им најдеме жени на оние што останаа - рекоа старешините на општеството - зашто се истребени жените на Венијамин?”\n17 И рекоа: „Како да биде запазен остатокот на Венијамина, за да не биде сотрено едно племе од Израел?\n18 А не можеме да им ги дадеме нашите ќерки за жени.” Зашто се беа заколнале, велејќи: „Проклет да биде оној кој ќе му даде жена на Венијамин!”\n19 ”Но - рекоа - Господов празник се слави секоја година во Сило.” Градот се наоѓа северно од Ветил, источно од патот што води од Ветил во Сихем и јужно од Левона.\n20 И затоа ги посоветуваа Венијаминците: „Отидете во заседа по лозјата.\n21 Внимавајте, па кога девојките од Сило ќе излезат да играат во танец, вие излезете од лозјата, грабнете си секој за себе жена од силоските ќерки па одете си во Венијаминовата Земја.\n22 А кога нивните татковци и нивните браќа ќе дојдат да се жалат на вас, ние ќе им речеме: Простете им заради нас, зашто не им зедовме за секој по една жена во војната; а и сега вие не им ги дадовте, па да бидете виновни.’”\n23 Венијаминовите синови направија така, и од девојките кои ги грабнаа зедоа онолкав број жени колку што ги имаше нив. Тогаш си отидоа и се вратија секој во своето наследство, пак изградија градови и се населија во нив.\n24 Тогаш Израелците се разотидоа, кој во своето племе и во својот род, и секој оттаму се врати во своето наследство.\n25 Во тоа време немаше цар во Израел, и секој го правеше тоа што му се чинеше дека е справедливо.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_21_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 614, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6696", "title": "Прва книга Самоилова/ 4 глава", "text": "1 Во она време Филистејците собраа војска против Израел. Израелците излегоа пред нив за да војуваат, и се влогорија кај Евен Езер, додека Филистејците поставија логор кај Афек.\n2 Филистејците се построија во боен ред против Израел, и настана жестока битка. Израел им подлегна на Филистејците: околу четири илјади луѓе загинаа на боиштето, на отворено поле.\n3 Кога народот се врати во логорот, Израелевите старешини рекоа: „Зошто Господ дозволи денес да нè победат Филистејците? Да појдеме во Сило по Ковчегот на Господовиот Завет, нека дојде во наша средина и нека нè спаси од рацете на нашите непријатели.”\n4 Народот испрати луѓе во Сило, и го донесоа оттаму Ковчегот на Заветот на Господа, на силите, кој престолува над херувимите; двата Илиеви сина, Офниј и Финес, дојдоа како придружници на Ковчегот.\n5 Кога Господовиот Ковчег стигна во логорот, сиот Израел грмливо воскликна, од кое одекнуваше земјата.\n6 Филистејците го чуја тоа грмливо воскликнување и прашаа: „Што значи тоа грмливо воскликнување во логорот на Евреите?” И сфатија дека Господовиот Ковчег стигна во нивниот логор.\n7 Тогаш Филистејците ги обзеде страв, зашто зборуваа: „Бог дојде во логорот!” И извикаа: „Тешко нам! Така не беше досега.\n8 Тешко нам! Кој ќе нè избави од рацете на Тој силен Бог? Тоа е Оној, Кој го удрил Египет со секакви неволји во пустината.\n9 Охрабрете се и бидете јунаци, Филистејци, за да не им станете робови на Евреите, како што тие ви беа робови вам; бидете јунаци и борете се!”\n10 Тогаш Филистејците заметнаа битка, Израелците беа поразени и избегаа секој во својот шатор. Поразот беше силен, зашто загинаа триесет илјади пешаци од Израелците.\n11 И Божјиот Ковчег беше одземен, и двата Илиеви сина загинаа, Офниј и Финес.\n12 Еден Венијамовец отрча од бојните редови и стигна во Сило уште на истиот ден, со искинати облеки и со глава посипана со прав.\n13 Кога стигна, Илија седеше на својата столица, покрај огнот, внимавајќи на патот, зашто срцето му трепереше од страв за Божјиот Ковчег. Имено, тој човек дојде за да му донесе на градот глас, и настана силна викотница низ сиот град.\n14 Кога Илија ја чу виката, праша: „Каква е таа голема викотница?” Човекот поита и дојде да го извести Илија.\n15 А Илија беше тогаш на деведесет и осум години, очите му беа помрачени, та веќе ништо не гледаше.\n16 Човекот му рече на Илија: „Доаѓам од боиштето, денес избегав од бојот.” Тогаш старецот праша: „Што се случило, сине?”\n17 Гласникот одговори: „Израел избега пред Филистејците, тоа беше голем пораз за народот, и уште двата твои сина загинаа, и Божјиот Ковчег е грабнат!”\n18 Кога го спомна Божјиот Ковчег, Илија падна од столицата назад покрај вратата, го скрши вратот и умре, зашто беше стар и тежок човек. Беше судија во Израел четириесет години.\n19 Неговата снаа, Финесовата жена, беше трудна и пред породување. Кога чу дека е грабнат Божјиот Ковчег и дека умре нејзиниот свекор и дека загина нејзиниот маж, се свитка и роди, зашто наеднаш ја опфатија породилни болки.\n20 Бидејќи беше на умирање, жените, кои што стоеја околу неа и рекоа: „Биди без грижа, зашто роди син!” Ама таа не одговори ниту обрна внимание.\n21 На детето му го даде името Ихавод (неславен), велејќи: „Славата си отиде од Израел.” Со тоа мислеше на грабнатиот Божји Ковчег и на својот свекор и на својот маж.\n22 Затоа рече: „Славата си отиде од Израел,” зашто е одземен Божјиот Ковчег.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_4_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 569, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6704", "title": "Прва книга Самоилова/ 8 глава", "text": "1 Кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии во Израел.\n2 Неговиот првороденец се викаше Јоил, а вториот син Авија; тие беа судии во Вирсавеа.\n3 Ама синовите не одеа по татковите стапки: гледаа на својата печалба, примаа поткуп и ја извртуваа правдата.\n4 Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама.\n5 И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки. И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.”\n6 Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!” Затоа Самоил Му се помоли на Господа.\n7 А Господ му рече на Самоила: „Послушај го гласот на народот во сè што бараат од тебе, зашто не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, не сакајќи Јас да царувам над нив.\n8 Сè што Ми правеа Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет па до денешниот ден - Ме оставија Мене и им служеа на туѓи богови - тие ти прават така и тебе.\n9 И така, сега послушај го нивното барање, но опомени ги свечено и поучи ги за правата на царот, кој ќе владее над нив.”\n10 Самоил му ги повтори сите Господови зборови на народот, кој бараше цар од него.\n11 И рече: „Ова ќе биде правото на царот кој ќе царува над вас: ќе ги зема вашите синови за да му служат кај бојните коли и кај коњите, и тие ќе трчаат пред неговите бојни коли.\n12 Ќе ги поставува за илјадници за педесетници; тие ќе ја ораат неговата земја, ќе ја жнијат неговата жетва, ќе му изработуваат бојно оружје и опрема за неговите бојни коли.\n13 Царот ќе ги зема вашите ќерки за да му прават мирисливи масти, да бидат готвачки и пекарки.\n14 Ќе ги земе вашите најдобри ниви, вашите лозја и вашите градини со маслинки и ќе им ги подарува на своите дворјани.\n15 Ќе зема десеток од вашите посеви и од вашите лозја и ќе им го дава на своите дворјани и на своите службеници.\n16 Ќе ги зема вашите слуги и вашите слугинки и вашите најдобри волови и ослиња, и ќе ги употребува за своја работа.\n17 Ќе зема десеток од вашиот ситен добиток, а вие самите ќе му станете робови.\n18 И кога еден ден ќе викате за помош заради царот, кого што го избравте сами, Господ нема да ве послуша во оној ден!”\n19 Народот не сакаше да го послуша Самоиловиот глас, туку рече: „Не! Сакаме цар да владее над нас!\n20 Така и ние ќе бидеме како сите народи: ќе ни суди наш цар, ќе ни биде водач и ќе ги води нашите војни.”\n21 Кога Самоил чу што зборува народот, Му кажа сè на Господа.\n22 А Господ му рече на Самоила: „Послушај ја нивната желба и постави им цар!” Тогаш Самоил им рече на Израелците: „Вратете се секој во својот град!”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_8_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 496, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6670", "title": "Книга на израелеви судии/ 18 глава", "text": "1 Во она време немаше цар во Израел. Тогаш Дановото племе бараше земја каде да се насели, зашто до тој ден не им падна наследство меѓу Израелевите колена.\n2 Затоа Дановците испратија петмина луѓе од своето племе, луѓе особено храбри од Сараја и од Естаол, за да ја извидат и за да ја запознаат земјата. И им рекоа: „Одете, извидете ја земјата.” И тие дојдоа во Ефремовата Гора, до Михината куќа, и заноќија таму.\n3 Бидејќи беше близу до Михината куќа, го познаа гласот на младиот левит; навратија таму па го прашаа: „Кој те доведе ваму? Што правиш тука? И зошто си тука?”\n4 А тој им одговори: „Миха направи така и така за мене. Тој ме глави, а јас му служам како свештеник.”\n5 ”Прашај Го Бога - му рекоа - да знаеме дали ќе ни успее патот по кој одиме?”\n6 ”Одете во мир - им одговори свештеникот - патот по кој што тргнавте е по Господова волја.”\n7 Тогаш оние петмина отидоа и стигнаа во Лаис. И видоа дека народот што е во него живее без страв - според обичајот на Сидонците: безгрижно и мирно; дека имаат сè што раѓа земјата; дека се далеку од Сидонците и дека немаат никакви односи со други.\n8 Кога се вратија при своите браќа во Сараја и во Естаол, браќата ги прашаа: „Што научивте?”\n9 Тие одговорија: „На нозе! Да се нафрлиме врз нив! Земјата што ја видовме е многу добра. О вие, мрзливци! Не се двоумете да се нафрлите за да ја освоите земјата.\n10 Кога ќе дојдете, ќе најдете таму безгрижен народ. Земјата е пространа. Бог го предава во ваши раце местото што не е скудно во ништо што раѓа земјата!”\n11 Така оттаму тргнаа шест стотини вооружени луѓе од Дановото племе од Сараја и од Естаол.\n12 Тргнаа и се влогорија во Киријат-Јарим во Јуда. Затоа тоа место се вика до денешниот ден Махане-Дан (Данов Логор), а се наоѓа западно од Киријат-Јарим.\n13 Оттаму се запатија во Ефремовата Гора и дојдоа до Михината куќа.\n14 А оние петмина, кои беа отишле да ја согледуваат земјата, им рекоа на своите браќа: „Знаете ли дека во куќава имаат наплеќник, терафим и леан кип. Сега внимавајте што ќе правите.”\n15 Завртувајќи, тие влегоа во куќата на младиот левит, во Михината куќа, и го поздравија.\n16 И додека шест стотини вооружени луѓе од Дановите синови стоеја пред вратата,\n17 оние петмина, кои отидоа да ја извидат земјата, влегоа, ги зедоа наплеќникот, терафимот и леаниот кип, а свештеникот стоеше на прагот покрај шест стотини вооружени луѓе.\n18 Кога влегоа во Михината куќа и ги зедоа наплеќникот, терафимот и леаниот кип, свештеникот им рече: „Што правите?”\n19 ”Молчи - му одговорија. - Стави ја раката на уста и дојди со нас. Ќе ни бидеш татко и свештеник. Зар ти е подобро да бидеш свештеник во куќата на еден човек, отколку да бидеш свештеник на едно племе и род во Израел?”\n20 Свештеникот се зарадува; тој ги зеде наплеќникот, терафимот и режаниот и леан кип па отиде со луѓето.\n21 Се вратија на патот по кој што тргнаа, отидоа откако ги пуштија напред жените и децата, добитокот и скапоценостите.\n22 Веќе беа далеку од Михината куќа, кога ете луѓето, кои живееја во соседните куќи, до Михината, се узбунија и тргнаа во потера по Дановците.\n23 Кога почнаа да викаат по Дановите синови, тие се обѕрнаа и му рекоа на Миха: „Што ти е? Што се собравте?”\n24 Тој одговори: „Ми го зедовте богот, кого што си го направив за себе и свештеникот па си отидовте. А што ми останува мене! И уште велите: ‘Што ти е?’”\n25 Дановите синови му одговорија: „Да не те чуеме веќе! Зашто гневни луѓе можат да удрат на вас, па ќе ги упропастиш себеси и својата куќа!”\n26 Дановите синови отидоа натаму, а Миха, гледајќи дека се посилни од него, се заврте и се врати дома.\n27 И така, откако ги зедоа: богот што го имаше направено Миха и свештеникот, кого го глави за да му служи, Дановите синови удрија против Лаис, на мирни и спокојни луѓе, па ги исекоа со остар меч и го спалија градот.\n28 Немаше некој да им помогне на лаисците, зашто беа далеку од Сидон и немаа никакви односи со Арамејците, а освен тоа градот беше во долина што се тегнеше кон Вет-Реов. Потоа пак изградија град и се населија во него.\n29 И го нарекоа Дан, по името на својот предок Дан, кој му се роди на Израел. А порано градот се викаше Лаис.\n30 Дановите синови си го наместија режаниот и леаниот кип. А Јонатан, синот Гирсонов, син Манасиев, а потоа неговите синови, беа свештеници на Дановото племе до денот кога народот беше одведен на заточение.\n31 И им стоеше режаниот и леаниот кип, што го направи Миха, и остана таму за сето време додека Божјиот Дом беше во Сило.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 809, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6693", "title": "Прва книга Самоилова/ 3 глава", "text": "1 Младиот Самоил Му служеше на Господа под Илиево надгледување, во она време Господ ретко им зборуваше на луѓето, а виденијата не беа чести.\n2 Но еден ден Илија лежеше во својата соба - неговите очи почнаа да слабеат, та веќе не можеше да гледа.\n3 Божјиот светилник, уште не беше угаснат, и Самоил спиеше во Господовиот Храм, таму каде што беше Божјиот Ковчег.\n4 И Господ го повика: „Самоиле! Самоиле!” А тој одговори: „Еве ме!”\n5 И отрча кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!” А Илија рече: „Јас не те повикав. Врати се и спиј!” И тој отиде и легна.\n6 И Господ пак го повика: „Самоиле! Самоиле!” Самоил стана, отиде при Илија и му рече: „Еве ме! Ти ме повика!”А Илија одговори: „Јас не те повикав, сине! Врати се и спиј!”\n7 Самоил уште не го познаваше Господа, и уште никогаш не му беше објавено Господовото слово.\n8 И Господ го повика Самоила по трет пат. Тој стана, отиде кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!” Сега Илија разбра дека Господ го повикувал детенцето.\n9 Затоа му рече на Самоила: „Оди и легни; а ако те повика, ти речи: ‘Зборувај, Господи, твојот слуга слуша.’” И Самоил отиде и легна на своето место.\n10 И Господ дојде и застана, и викна како порано: „Самоиле! Самоиле!” А Самоил одговори: „Зборувај Твојот слуга Те слуша.”\n11 Тогаш Господ му рече на Самоила: „Еве ќе направам нешто во Израел така што ќе им брчат двете уши на секој што ќе чуе.\n12 Во оној ден ќе исполнам врз Илија сè што реков за неговиот дом, од почеток до крај.\n13 Ти ќе му јавиш дека ја осудувам неговата куќа довека; тој знаеше дека неговите синови го хулат Бога, а не ги воздржа.\n14 Затоа му се колнам на Илиевиот дом никакви жртви ни приноси нема да ја исперат вината на Илиевиот дом довека.”\n15 Самоил спиеше до утрото, а тогаш ја отвори вратата на Господовиот Дом. Самоил се боеше да му го каже видението на Илија.\n16 Но Илија го повика Самоила, говорејќи: „Самоиле, сине!” А тој одговори: „Еве ме!”\n17 И тој го праша: „Какво е словото што ти го рече? Не криј ништо од мене! Така да ти направи Бог и да ти додаде друго ако ми скриеш нешто од она што ти рекол.”\n18 Самоил му раскажа сè, и ништо не притаи од него. А Илија рече: „Тој е Господ, нека прави како што Му е по волја!”\n19 Самоил растеше, а Господ беше со него и не оставаше ниту едно негово слово да падне на земја.\n20 Сиот Израел, од Дан до Вирсавеа, созна дека Самоил е поставен за пророк Господов.\n21 Господ и натаму се јавуваше во Сило, зашто му се откриваше на Самоила преку словото Господово. И Самоиловото слово се расчу низ сиот Израел.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_3_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 478, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6702", "title": "Прва книга Самоилова/ 7 глава", "text": "1 Тогаш луѓето од Киријат Јарим дојдоа и го однесоа Господовиот Ковчег при себе. Го внесоа во Авинадавовата куќа, на ридот и го посветија неговиот син Елеазар да го чува Господовиот Ковчег.\n2 Од денот кога Ковчегот беше поставен во Киријат Јарим помина многу време - дваесет години - и сиот Израелев дом воздивнуваше по Господа.\n3 Тогаш Самоил му проговори на сиот Израелев дом вака: „Ако од сè срце Му се враќате на Господа, отстранете ги од својата средина туѓите богови, ваалите и астартите, и пригответе ги своите срца за Господа и служете Му единствено Нему. Тогаш Тој ќе ве избави од рацете на Филистејците.”\n4 Тогаш Израелевите синови ги отстранија ваалите и астартите, и Му служеа единствено на Господа.\n5 Тогаш Самоил заповеда: „Соберете ги сите Израелеви синови во Миспа, за да Му се помолам на Господа за вас.”\n6 И така тие се собраа во Миспа; таму нацрпуваа вода и ја излеваа пред Господа. И постеа во оној ден и признаваа: „Му согрешивме на Господа!” И Самоил им судеше на Израелевите синови во Миспа.\n7 Кога Филистејците чуја дека Израелевите синови се собраа во Миспа, филистејските кнезови тргнаа да нападнат на Израел. Кога го видоа тоа Израелевите синови, се исплашија од Филистејците.\n8 И Израелевите синови го замолија Самоила: „Не прекратувај да викаш за нас кон Господа, кон нашиот Бог, за да нè избави од рацете на Филистејците.”\n9 Самоил зеде едно јагне цицалче и Му го принесе на Господа како жртва паленица, и гласно Му се помоли на Господа за Израел, и Господ го послуша.\n10 Додека Самоил принесуваше жртва паленица, Филистејците дојдоа за да удрат на Израел, ама во тој ден Господ загрме со силен грмеж на Филистејците и така ги испалши и ги збуни, та му подлегнаа на Израел.\n11 Израелските војници излегоа од Миспа и ги спотераа Филистејците, поразувајќи ги сè до Вет Хар.\n12 А Самоил зеде еден камен и го постави меѓу Миспа и Сена и го нарече Евен Езер (Камен на Помош), говорејќи: „Господ ни помогна дотука.”\n13 Така Филистејците беа понижени, и никогаш веќе не се нафрлија на Израелевата земја, а Господовата рака ги притискаше Филистејците за време на сиот век на Самоила.\n14 И градовите што Филистејците ги беа зазеле од Израел му беа вратени нему, од Акарон до Гат, и Израел го ослободи нивното подрачје од филистејски раце. И имаше мир меѓу Израелците и Аморејците.\n15 Самоил беше судија во Израел за време на сиот свој век.\n16 Секоја година ги обиколуваше Ветил, Галгал и Миспа, и во сите тие места му судеше на Израел.\n17 Потоа се враќаше во Рама, зашто таму имаше своја куќа и таму му судеше на Израел. Таму му подигна и жртвеник на Господа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_7_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 455, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6700", "title": "Прва книга Самоилова/ 6 глава", "text": "1 Ковчегот на Господа беше седум месеци во земјата на Филистејците.\n2 Тогаш Филистејците ги свикаа свештениците и вражалците и ги прашаа: „Што да правиме со Господовиот Ковчег? Поучете нè како да го испратиме назад на неговото место.”\n3 Тие одговорија: „Ако сакате да го вратите Ковчегот на Израелевиот Бог, не праќајте го назад празен, туку покрај него испратете и надоместница. Тогаш ќе се излечите и ќе знаете зошто Неговата рака не се сврти од вас.”\n4 Тие прашаа: „Каква надоместница треба да Му испратиме?” Тие одговорија: „Според бројот на Филистејските кнезови пет златни чиреви и пет златни стаорци, зашто е иста неволја и на вас и на вашите кнезови.\n5 И така, направете слики на своите чиреви и слики на своите стаорци, што ви ја сотруваат земјата, и дајте Му слава на Израелевиот Бог. Можеби ќе ја тргне Својата рака од вас, од вашите богови и од вашата земја.\n6 Зошто сакате да ви окорави срцето, како што им беше окоравено на Египетците и на фараонот? Кога Бог ги притисна, не ги пуштија ли тогаш да си одат?\n7 Подгответе сега една нова кола и земете две крави доилки, што уште не носеле јарем: впрегнете ги кравите во колата, а нивните телиња одведете ги назад во стајата.\n8 Тогаш ќе го земете Господовиот Ковчег и ќе го ставите во колата. Златните предмети што Му ги принесувате како жртва за престап ќе ги сложите во ковчеже покрај него, и така нека тргне.\n9 Потоа гледајте: ако тргне кон својот крај, по патот кон Вет Семес, тогаш е очигледно дека Тој ни го задаваше ова големо зло; ако не тргне така, ќе знаеме дека не нè удрила Неговата рака, туку дека тоа ни стана случајно.”\n10 Луѓето направија така: зедоа две крави доилки и ги впрегнаа во колата, а нивните телиња ги задржаа во стајата.\n11 Господовиот Ковчег го ставија на колата, и ковчежето со златните стаорци и со ликовите на своите чиреви.\n12 Кравите удрија право по патот кон Вет Семес, и еднакво одеа по истиот пат, мукаа одејќи, а не свртуваа ни десно ни лево. Филистејските кнезови ги придружуваа до границата на Вет Семес.\n13 Жителите на Вет Семес токму беа зафатени со жетвата на пченицата во долината. Подигнувајќи ги очите го здогледаа Ковчегот и му потрчаа во пресрет со радост.\n14 Кога колата стигна во нивата на Ветсемеецот Исус, застана. Таму имаше голем камен. Тогаш ги исцепија дрвата од колата и Му ги принесоа кравите како жртва паленица на Господа.\n15 Левитите го беа симнале Господовиот Ковчег и ковчежето, што беше покрај него и во кое беа златните предмети, и сè беа сложиле врз оној голем камен. Жителите на Вет Семес Му принесуваа во тој ден жртви паленици и Му колеа жртви закланици на Господа.\n16 Кога го видоа тоа петте филистејски кнезови, се вратија во Акарон истиот ден.\n17 А ова се петте златни чиреви што Филистејците Му ги испратија како жртва за престап на Господа: еден за Азот, еден за Газа, еден за Аскалон, еден за Гат, еден за Акарон.\n18 А златни стаорци имаше толку колку сите филистејски градови во сите пет кнежевства, од утврдените градови до отворените села. Сведок е големиот камен врз кого го положија Господовиот Ковчег, и кој уште и денес стои во нивата на Исуса од Вет Семес.\n19 И Тој ги удри жителите на Вет Семес бидејќи погледнаа во Господовиот Ковчег. Затоа Господ порази педесет илјади и седумдесет луѓе меѓу нив. Народот тагуваше заради тоа што Господ ги порази со големо истребување.\n20 Тогаш луѓето во Вет Семес рекоа: „Кој би можел да опстои пред Господа, пред Овој Свет Бог? Кому ќе Му отиде сега од нас?”\n21 И им испратија пратеници на жителите на Киријат Јарим и им порачаа: „Филистејците го вратија Господовиот Ковчег. Дојдете и однесете го при себе.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_6_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 636, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6667", "title": "Книга на израелеви судии/ 16 глава", "text": "1 Оттаму Самсон отиде во Газа; таму виде блудница и влезе при неа.\n2 На жителите на Газа им јавија: „Самсон дојде тука!” Го опкружија и го дебнеа цела ноќ при градската врата. Сета ноќ беа притаени. „Да почекаме до зорите - мислеа - па ќе го убиеме.”\n3 Но Самсон лежеше само до полноќ, а на полноќ стана, ја грабна градската врата со двата довратника, ги истрга заедно со лостот, ги стави на раменици и ги однесе на врвот на гората што е спроти Хеврон и ги положи таму.\n4 Потоа тој се вљуби во една жена од долината на Сорик, по ме Делила.\n5 Филистејските кнезови дојдоа при неа и и рекоа: „Заведи го и научи каде стои неговата голема сила, за да можеме да го совладаме па да го врзиме и да го направиме немоќен. А секој од нас ќе ти даде по илјада и сто сребрени сикли.”\n6 Делила го праша Самсона: „Кажи ми каде стои твојата голема сила и со што треба да бидеш врзан, за да бидеш совладан.”\n7 Самсон и рече: „Ако ме врзат со седум свежи, уште неосушени, жили од лак, ќе станам бессилен и ќе бидам како обичниот човек.”\n8 Филистејските кнезови и донесоа на Делила седум свежи уште неосушени жили, и таа го врза со нив.\n9 Кај неа во собата имаше заседа, и таа му викна: „Самсоне, ете се Филистејците врз тебе!” Тој ги скина жилите како што се кине колчиште кога ќе се доближи до огнот. И така не научија за неговата сила.\n10 Тогаш Делила му рече на Самсона: „Ме измами и ме излага. Но сега кажи ми со што треба да бидеш врзан?”\n11 Тој и одговори: „Ако ме врзат добро со нови, уште неупотребени, јажиња, ќе станам бессилен и ќе бидам како обичниот човек.”\n12 Тогаш Делила зеде нови јажиња, го врза со нив и му викна: „Самсоне, ете се Филистејците врз тебе!” Кај неа во собата имаше заседа, но тој ги скина јажињата на рацете како да се конци.\n13 Тогаш Делила му рече на Самсона: „Постојано ме измамуваш и ме лажеш. Кажи ми најпосле со што треба да бидеш врзан.” Тој и одговори: „Ако вткаеш седум плетенки од мојата коса во ткајачки разбој и ако ги заглавиш со клин, ќе станам немоќен и ќе бидам како обичниот човек.”\n14 Таа го заспа и отка седум плетеници од неговата коса во ткајачкиот разбој, заби клин и му викна: „Ете се Филистејците врз тебе, Самсоне!” Тој се разбуди и ги истрга и клинот и ткајачкиот разбој.\n15 Делила му рече: „Како можеш да речеш дека ме љубиш кога твоето срце не е со мене. Веќе трипати ме измами и не ми кажа во што е твојата голема сила.”\n16 Бидејки секој ден му здодеваше и го мачеше, нему веќе му тежеше во душата до смрт.\n17 И и го отвори целото свое срце: „Никогаш брич не поминал преку мојата глава, зашто од мајчината утроба сум Божји Назиреј. Ако ме избричат сета сила ќе ме остави, ќе бидам обессилен и ќе станам како обичниот човек.”\n18 Тогаш Делила сфати дека и го отвори целото свое срце; ги повика филистејските кнезови и им рече: „Дојдете сега, зашто ми го отвори целото свое срце.” И филистејските кнезови дојдоа кај неа и донесоа сребреници со себе.\n19 Откако го заспа Самсона на своите колена, таа повика човек па му избричи од главата седум плетенки коса. Така тој почна да слабее, и силата го остави.\n20 Кога таа извика: „Самсоне, ете се Филистејците врз тебе!” тој се разбуди и помисли: „Ќе се извлечам како и секогаш и ќе се ослободам.” Но не знаеше дека Господ се сврти од него.\n21 Филистејците го фатија, му ги извадија очите и го одведоа во Газа. Го оковаа со двојни бронзени вериги, та вртеше мелница во темницата.\n22 Но косата почна пак да расте каде му ја избричија.\n23 Филистејските кнезови се собраа да му принесат голема жртва на својот бог Дагон и да се повеселат. Тие зборуваа: „Нашиот бог ни го предаде, во рацете, нашиот непријател Самсон.”\n24 А народот, откако го виде, почна да го фали својот бог, па воскликнуваа во негова чест, велејќи: „Нашиот бог ни го предаде, во рацете, нашиот непријател Самсон, кој ни ја запустуваше земјата и кој погуби многу од нас.”\n25 Кога срцето им заигра, извикаа: „Доведете го Самсона за да нè забавува!” И го доведоа Самсона, од темницата, и тој ги веселеше нив; а потоа го ставија меѓу столбовите врз кои се крепеше зградата.\n26 Тогаш Самсон му рече на детето кое го водеше за рака: „Води ме и помогни ми да ги напипам столбовите, врз кои се крепи зградата, за да се потпрам врз нив.”\n27 А куќата беше полна со мажи и жени. Тука беа и сите филистејски кнезови, а на покривот три илјади луѓе, кои гледаа како ги развеселува Самсон.\n28 Самсон извика кон Господа: „Господи, Господи, спомни си за мене и дај ми сила, само уште сега, за да им се одмаздам на Филистејците за двете очи.”\n29 И Самсон ги напипа двата средни столба врз кои лежеше зградата, се потпре на нив, со десната на едниот, а со левата на другиот\n30 и извика: „Нека загинам со Филистејците!” И напна со сета сила и ја урна зградата врз кнезовите и врз сиот народ што се наоѓаше таму. Повеќе ги уби умирајќи отколку што ги истепа во животот.\n31 Потоа неговите браќа и сиот дом на неговиот татко дојдоа, го зедоа и го однесоа, и го погребаа меѓу Сараја и Естаол, во гробот на Маној, неговиот татко. Тој му судеше на Израел дваесет години.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 935, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6712", "title": "Прва книга Самоилова/ 12 глава", "text": "1 Тогаш Самоил му рече на сиот Израел: „Еве ја исполнив вашата желба во сè што баравте од мене, и поставив цар над вас.\n2 И отсега царот ќе оди пред вас. А јас остарев и оседев, и моите синови ете, се меѓу вас. Јас одев пред вас од својата младост па до денешниот ден.\n3 Еве ме! Посведочите против мене пред Господа и пред Неговиот помазаник: кому му одзедов вол и кому му одзедов осле? Кого го измамив? Кого го угнетував? Од кого примив поткуп за да замижам на едното око? Јас ќе ви вратам назад сè.”\n4 А тие одговорија: „Не нè измами, не нè угнетуваше, од никого не прими ништо.”\n5 Уште им рече: „Господ е сведок за вас, и Неговиот помазаник е сведок во овој ден, дека не најдовте ништо во мојата рака.” А тие одговорија: „Сведок е!”\n6 Тогаш Самоил му рече на народот: „Да, сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеја и Арона и Кој ги изведе вашите татковци од Египет.\n7 Застанете сега тука, да поразговарам со вас пред Господа и да ве потсетам на сите големи дела, кои ви ги направи Господ вам и на вашите татковци.\n8 Кога Јаков дојде во Египет Египетците ги притиснаа, а вашите татковци извикаа кон Господа за помош. И Господ ги испрати Мојсеја и Арона, кои ги изведоа вашите татковци од Египет, и ги насели на ова место.\n9 Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Сисара, војводата на асорската војска, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.\n10 И пак извикаа кон Господа за помош, говорејќи: ‘Згрешивме, зашто Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на ваалите и на астартите; избави нè сега од рацете на нашите непријатели па ќе Ти служиме!’\n11 И Господ ги испрати Еровала, Ведана, Ефтаја и Самоила, па ве избави од рацете на вашите непријатели, наоколу, така што можевте да живеете без страв.\n12 Ама кога го видовте Наас, амонскиот цар, како иде против вас, ми рековте: ‘Не, туку цар нека владее над нас!’ Па сепак е ваш Цар, Господ, вашиот Бог!\n13 И ете ви го сега царот кого го избравте! Ете, Господ постави цар над вас.\n14 Ако се боите од Господа и ако Му служите, ако го слушате Неговиот глас и не се противите на Неговите заповеди, ќе го следете Господа, својот Бог, вие и царот кој царува над вас.\n15 Ако не го слушате Господовиот глас, ако се противите на Неговите заповеди, тогаш Господовата рака ќе се спушти на вас и на вашиот цар, како што беше против вашите татковци.\n16 Сега пристапете уште еднаш и видете го големиот знак што Господ ќе го направи пред вашите очи.\n17 Не е ли сега пченичната жетва? Ама јас ќе Го повикам Господа, и Тој ќе испрати громови и дожд. И ќе разберете јасно колку е големо злото што го направивте пред Господа, барајќи цар за себе.”\n18 Тогаш Самоил го повика Господа, и Господ испрати громови и дожд во оној ден, и сиот народ многу се исплаши од Господа и од Самоила.\n19 И сиот народ му рече на Самоила: „Моли Му се на Господа, на својот Бог, за своите слуги, за да не изумреме, зашто кон сите свои гревови додадовме зло - барајќи цар за себе.”\n20 Ама Самоил му рече на народот: „Не бојте се! Навистина вие го сторивте сето ова зло, ама сега веќе не го оставајте Господа, туку служете Му на Господа со сето свое срце.\n21 Не клањајте им се веќе на ништожните кипови, кои не ви користат ништо, не ви помагаат ништо, зашто се само ништожества.\n22 А Господ нема да го отфрли Својот народ, заради Своето величествено име, зашто Господ благоволи да направи Свој народ.\n23 А нека биде далеку од мене за да Му згрешам на Господа, прекратувајќи да молам за вас и да ве упатувам на добар и чесен пат.\n24 Само бојте се од Господа, и служете Му нему искрено со сето свое срце; зашто колку големи дела направи за вас.\n25 Ако правите зло, ќе пропаднете вие и вашиот цар.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_12_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 694, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6710", "title": "Прва книга Самоилова/ 11 глава", "text": "1 Од прилика по месец дена Амонецот Наас дојде и се влогори кај Галадовиот Јавис. Сите јависци му порачаа на Наас: „Склучи сојуз со нас, па ќе ти се покориме.”\n2 Но Амонецот Наас одговори: „Вака ќе склучам сојуз со вас: на секој од вас ќе му го извадам десното око, и така ќе му направам срам на сиот Израел.”\n3 А јависките старешини му рекоа: „Остави ни седум денови, за да испратиме гласници во сите Израелеви краеви, па ако не се најде никој за да нè избави, ќе ти се предадеме тебе.”\n4 И пратениците дојдоа во Саулова Гаваја па му изложија сè на народот за да чуе. Тогаш сиот народ заплака со висок глас.\n5 А ете, Саул токму одеше по добитокот од полето, па праша: „Што им е на луѓето па плачат?” И му раскажаа што рекоа јависците.\n6 Кога Саул ги чу тие зборови, Господовиот Дух слезе на него, и силен гнев зовре во него.\n7 И тој зеде два вола, ги насече, и деловите ги испрати по пратеници во сите Израелеви краишта и порача: „Кој не ќе тргне по Саула, вака ќе биде со неговите говеда.” И Божјиот страв ги опфати луѓето, па тргнаа како еден човек.\n8 Саул ги преброја во Везек: и имаше Израелеви синови три стотини илјади, а Јудини луѓе триесет илјади.\n9 Потоа им рече на пратените кои што беа дошле: „Вака речете им на јависците во Галад: ‘Утре кога сонцето ќе припече, ќе ви стигне помош.’” Кога посланиците се вратија, им го јавија сè тоа на јависците, и тие се зарадуваа.\n10 И му порачаа на Наас: „Утре ќе излеземе кон вас, па направете со нас како што ќе ви биде мило.”\n11 Утреден Саул го раздели народот во три чети, кои навлегоа во логорот при утринската стража, и ги поразија Амонците под најголемата дневна жега; а тие што останаа живи се распрснаа така што ни двајца не останаа заедно.\n12 Тогаш народот му рече на Самоила: „Кој е оној што зборуваше: ‘Зар Саул ќе царува над нас?’ Дајте ги тие луѓе за да ги погубиме!”\n13 Ама Саул одговори: „Нека никој не биде погубен во овој ден, зашто денес Господ извојува победа во Израел.”\n14 Тогаш Самоил му рече на народот: „Ајде во Галгал, таму да го потврдиме царството.”\n15 И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал. Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_11_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 417, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6714", "title": "Прва книга Самоилова/ 13 глава", "text": "1 Саул царуваше една година, а втората година од царувањето над Израел,\n2 Саул си избра три илјади Израелци: две илјади од нив беа со Саула во Михмас и во Ветилската Гора, а едната илјада беше со Јонатан во Венијаминовата Гаваја. Другиот народ Саул го отпушти секого во неговиот шатор.\n3 Јонатан го разурна филистејскиот столб, што стоеше во Гаваја, и Филистејците научија дека Евреите се побунија. Саул заповеда па затрубија во рог по сета земја,\n4 и сиот Израел ја дозна новоста: „Саул го сурна филистејскиот столб, Израел му стана замразен на Филистејците!” И народот почна да се собира околу Саула во Галгал.\n5 А Филистејците се собраа за да војуваат против Израел: три илјади бојни коли, шест илјади коњаници, а мноштво народ како песок на морскиот брег. И се влогорија кај Михмас, источно од Вет Авен.\n6 Кога Израелците видоа дека се во неволја и дека народот е притиснат од непријателот, се скрија во пештерите, во јамите, во камењиштата, во рововите и во водособиралиштата.\n7 Некои поминаа и преку бродовите на Јордан во земјата Гадова и Галадова. Саул уште беше во Галгал, а сиот народ околу него трепереше од страв.\n8 Тој почека седум дена како што му одреди Самоил; но бидејќи Самоил не дојде во Галгал, народот почна да се разојдува од Саула.\n9 Тогаш Саул рече: „Донесете ми жртва паленица и помирителни жртви!” И ја принесе жртвата паленица.\n10 И токму ја завршуваше жртвата паленица, кога ете го Самоила, и Саул му излезе во пресрет за да го поздрави.\n11 Самоил, го праша: „Што направи?” А Саул одговори: „Кога видов дека народот се разојдува од мене, а ти да не доаѓаш до одредениот ден, а Филистејците се собрале во Михмас,\n12 помислив: ‘Сега Филистејците ќе удрат на мене во Галгал, а јас не ќе стигнам да Му се помолам на Господа со молитва!’ Затоа се осмелив и принесов жртва паленица.”\n13 Самоил му рече тогаш на Саула: „Безумно постапи! Ако ја запазеше заповедта што ти ја даде Господ, твојот Бог, Господ би го зацврстил твоето царство над Израел довека.\n14 А сега твоето царство нема да се одржи трајно: Господ си побара човек според Своето срце и го одреди за кнез над Својот народ, зашто ти не го запази тоа што ти го заповеда Господ.”\n15 Тогаш Самоил стана и си отиде од Галгал по својот пат во Венијаминова Гаваја. Народот што остана, тргна по Саула во пресрет на војниците. Штом дојдоа од Галгал во Венијаминова Гаваја, Саул го преброи народот што остана покрај него, и го имаше околу шест стотини.\n16 Саул и неговиот син Јонатан со луѓето кои што беа со нив заседнаа во Венијаминова Гаваја, а Филистејците се влогорија во Михмас.\n17 Тогаш од филистејскиот логор излезе чета пљачкаши во три одделенија: едното одделение удри кон Офра во Совалската Земја;\n18 второто одделение тргна кон Вет Орон, а третото одделение удри кон Гаваја што се крева покрај Севоим (Долината на Хиените) кон пустината.\n19 А по сета Израелева земја немаше ковачи, зашто Филистејците рекоа: „Треба да се стори сè за да не си прават Евреите мечеви и копја.”\n20 Затоа сите Израелци одеа кај Филистејците ако некој сакаше да го прекове своето рало или мотиката, својата секира или остенот за воловите.\n21 Или ако им се скршеа врвовите на паличниците, мотиките, вилите, или секирите, или ако беше потребно да поправат кол.\n22 Така се случи на денот на битката кај Михмас никој од сиот народ, што беше со Саула и со Јонатана, немаше ни меч ни копје во раката; само Саул и неговиот син Јонатан ги имаа.\n23 А тогаш една филистејска стража беше излегла кон преминот кај Михмас.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_13_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 611, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6706", "title": "Прва книга Самоилова/ 9 глава", "text": "1 Во она време живееше еден човек во Венијаминовото племе по име Кис, син на Авила, син на Серор, син на Вехорат, син Афиев; беше од Венијаминовото племе, виден човек.\n2 Имаше син по име Саул, кој беше млад и убав. Меѓу Израелевите синови немаше поубав човек од него: за глава беше повисок од сиот народ.\n3 Тогаш на Кис, Сауловиот татко му се загубија ослиците, па Кис му рече на својот син Саул: „Земи со себе еден слуга па стани и оди да ги бараш ослиците!”\n4 И тие ја поминаа Ефремовата Гора, и ја поминаа земјата Салиса, но не најдоа ништо; ја поминаа земјата Салим, но ослиците не беа таму; ја поминаа и Венијаминовата Земја, но не најдоа ништо.\n5 Кога дојдоа во земјата Суф, Саул му рече на слугата кој го придружуваше: „Ајде да се вратиме, за да не се откаже таткото од ослиците и да се загрижи за нас!”\n6 А тој му одговори: „Ене, во оној онаму град живее Божји човек; тој е многу угледен човек: што и да каже се збиднува навистина. И така, да отидеме кај него, можеби ќе не упати во она заради што тргнавме на пат.”\n7 А Саул му рече на својот слуга: „Ако навистина отидеме онаму што ќе му однесеме на човекот? Снема леб во нашите торби, немаме подарок да му однесеме на Божјиот човек. Што имаме да му дадеме?”\n8 А слугата проговори пак и му рече на Саула: „Ете, имам во раката четвртинка сребрен сикал: ќе му го дадам на Божјиот човек, за да нè упати каде да одиме.”\n9 (Некогаш во Израел кога би оделе да Го прашаат Бога за совет, се велеше: „Ајде, да појдеме кај видовитиот!” Зашто кого денес го нарекуваат пророк, некогаш беше викан видовит.)\n10 Саул му одговори на својот слуга: „Добро велиш. Ајде!” И тргнаа во градот каде што живееше Божјиот човек.\n11 Кога се искачуваа по угорништето кон градот, сретнаа девојки кои што излегле да нацрпат вода. И ги прашаа: „Дали е горе видовитиот?”\n12 Тие им одговорија вака: „Да, видовитиот е пред вас. Точно стигна во градот, само побрзајте, бидејќи денес народот има жртва на високо место.\n13 Штом ќе влезете во градот, ќе го најдете уште пред да се искачи на високото место да јаде. Зашто народот нема да јаде додека не дојде тој, бидејќи тој треба да ја благослови жртвата, а потоа повиканите ќе јадат. Затоа одете веднаш горе зашто уште ќе го најдете.”\n14 Тие отидоа горе во градот. Кога влегуваа во вратата, Самоил ги сретна тргнувајќи кон високото место.\n15 А ден пред да дојде Саул Господ му откри на Самоила:\n16 ”Утре во ова доба ќе испратам при тебе човек од Венијаминовата Земја. Ти ќе го помажеш за кнез над Мојот народ Израел. Тој ќе го избави Мојот народ од филистејските раце. Ја видов неволјата на Својот народ, и неговиот вик достигна до Мене.”\n17 А кога Самоил го здогледа Саула, Господ му проговори: „Еве ти го човекот за кого ти реков: ‘Тој ќе владее над Мојот народ.’”\n18 Саул му пристапи на Самоила при вратата и рече: „Покажи ми каде е куќата на видовитиот.”\n19 А Самоил му одговори на Саула: „Јас сум видовитиот. Тргни пред мене на високото место, денес ќе јадете со мене. Утре наутро ќе те отпуштам и ќе ти речам сè што ти е на срцето.\n20 А за ослиците што ти се загубија пред три дни, не возбудувај се, зашто се најдоа. Освен тоа, кому му припаѓа сè што е најскапоцено во Израел? Зар не тебе и на сиот дом на твојот татко?”\n21 А Саул одговори вака: „Не сум ли јас од Венијаминовото племе, од најмалото Израелово племе? А мојот род не е ли најнезначаен од сите родови на Венијаминовото племе? И така, зошто ми зборуваш такви зборови?”\n22 Самоил ги зеде Саула и неговиот слуга, ги одведе во соба и им даде место на чело на повиканите, кои беа околу триесет.\n23 Потоа Самоил му рече на готвачот: „Донеси го делот што ти го дадов и за кој ти реков да го оставиш настрана.”\n24 Готвачот ги зеде плешката и она што беше над неа и ги стави пред Саула, а Самоил му рече: „Еве, пред тебе е она што е запазено за тебе. Јади, зашто тоа ти е запазено досега, кога го свикав народот.” Така во оној ден Саул јадеше со Самоила.\n25 Потоа оттаму слегоа во градот. Таму му послаа на Саула на покривот.\n26 И тој легна на почивка. Штом се зазори, Самоил го повика Саула, велејќи: „Стани, за да те отпуштам!” Кога Саул стана, двајцата излегоа, тој и Самоил.\n27 Кога дојдоа на крајот на градот, Самоил му рече на Саула: „Речи му на момокот нека тргне напред пред нас! А ти застани, сега, за да ти го јавам Божјото слово.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_9_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 804, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6720", "title": "Прва книга Самоилова/ 16 глава", "text": "1 Господ му рече на Самоила: „До кога ќе тажиш заради Саула, кога Јас го отфрлив, за да не царува веќе над Израел? Наполни го својот рог со масло и тргни на пат! Јас те праќам при Витлеемецот Јесеј, зашто си избрав цар од неговите синови.”\n2 А Самоил рече: „Како би можел да одам таму? Саул ќе чуе за тоа, и ќе ме убие!” Ама Господ му одговори: „Земи со себе јуница па речи: ‘Дојдов за да Му жртвувам на Господа,’\n3 и повикај го Јесеја на жртвата, а Јас Самиот ќе те поучам што ќе правиш: ќе го помажеш оној кого што ќе ти го посочам.”\n4 Самоил направи како што му рече Господ. Кога дојде во Витлеем, градските старешини му дојдоа треперејќи во пресрет и го прашаа: „Значи ли мир твоето доаѓање?”\n5 Самоил одговори: „Да, мир! Дојдов да Му жртвувам на Господа. Очистете се и дојдете со мене на жртвата!” Потоа ги очисти Јесеја и неговите синови и ги повика на жртва.\n6 Кога дојдоа и кога Самоил го виде Елијав, си рече во себеси: „Без сомнение, еве пред Господа стои Неговиот помазаник!”\n7 Но Господ му рече на Самоила: „Не гледај на неговата надворешност, ни на неговиот висок раст, зашто го отфрлив. Бог не гледа како што гледа човекот: човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.”\n8 Потоа Јесеј го повика Авинадава и го доведе пред Самоила. А тој рече: „Господ не го избра ни овој.”\n9 Тогаш Јесеј го доведе Сама, ама Самоил рече: „Господ не го избра ни овој.”\n10 Така Јесеј ги доведе своите седум синови пред Самоила, ама Самоил рече: „Господ не избра ниеден од овие.”\n11 Потоа го праша Јесеја: „Дали се тоа сите твои синови?” А тој одговори: „Остана најмладиот, тој е на пасиште, по стадото.” Тогаш Самоил му рече на Јесеја: „Испрати по него, зашто нема да седнам покрај столот додека тој не дојде.”\n12 Јесеј испрати по него: тоа беше румен момок, со убави очи и убава става. И Господ му рече на Самоила; „Стани помажи го: тој е!”\n13 Самоил го зеде рогот со маслото, и го помаза среде неговите браќа. Господовиот Дух го опфати Давида од оној ден. А Самоил тргна на пат и отиде во Рама.\n14 Господовиот Дух беше отстапил од Саула, а еден зол дух, од Господа, почна да го вознемирува.\n15 Тогаш на Саула му рекоа неговите слуги: „Еве Божји зол дух те вознемирува.\n16 Затоа нашиот господар нека заповеда, па твоите слуги ќе побараат човек, кој знае да свири со лира: кога ќе те нападне Божјиот зол дух, оној нека свири во лирата, па ќе ти биде подобро.”\n17 Саул им рече на своите слуги: „Најдете ми човек, кој умее да свири вешто со лира и доведете го кај мене!”\n18 Еден од неговите слуги одговори: „Јас видов еден син на Витлеемецот Јесеј: тој умее да свири со лира, храбар човек е, и човек воин, вешт говорник е, со убава става, и Господ е со него.”\n19 Тогаш Саул му испрати гласници на Јесеј и му порача: „Испрати ми го својот син Давид кој е кај стадото!”\n20 А Јесеј зеде пет лебови, мев со вино и му ги испрати на Саула по својот син Давид.\n21 И Саул го возљуби многу, и Давид стана негов штитоносец.\n22 Потоа Саул испрати кај Јесеја и му порача: „Давид нека остане кај мене во служба, зашто ја придоби мојата наклонетост.”\n23 И кога Божјиот зол дух ќе го нападнеше Саула, Давид ја земаше лирата и свиреше; тогаш му олеснуваше на Саула, и му стануваше подобро, а лошиот дух заминуваше од него.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_16_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 608, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6692", "title": "Прва книга Самоилова/ 2 глава", "text": "1 На тоа Ана се помоли вака: „Моето срце воскликнува во Господа расте мојата сила преку мојот Бог. Устата ми се шири на моите непријатели, зашто се радувам на Твојата помош.\n2 Никој не е свет како што е Господ (зашто нема никого освен Тебе) и нема стена како што е нашиот Бог.\n3 Не зборувајте многу горделиви зборови, нека не излегува дрскост од вашата уста, зашто Господ е Сèзнаечки Бог, Тој ги пресудува право делата.\n4 Се крши лакот на јунаците, слабите се опашуваат со сила.\n5 Ситите сега се мачат за леб, гладните веќе не гладуваат. Неродилката раѓа седумпати, мајката на многуте деца изнемоштува.\n6 Господ дава смрт и живот, спушта во гроб и оттаму издига.\n7 Господ осиромашува и збогатува, го оборува човекот и го возвишува.\n8 Го подига бедниот од правот, сиромашниот го возвишува од буниште, за да ги седне со кнезовите и за да наследат славен престол. Зашто Господови се столбовите на земјата, и Тој ја ставил врз нив вселената.\n9 Ги чува чекорите на своите свети, злосторниците ги стигнува пропаст во мракот зашто човек не придобива победа со својата сила.\n10 Кои Му се противат на Господа, се сотираат. Сèвишниот грми од небесата врз нив. Господ им суди на краиштата на земјата, му дава сила на својот цар, и Го воздигнува рогот на Својот помазаник.”\n11 Потоа Елкан се врати во домот во Рама, а детенцето остана да Му служи на Господа, при свештеникот Илија.\n12 А Илиевите синови беа недобри луѓе, зашто не се грижеа за Господа,\n13 ни за правата на свештениците спроти народот: кога некој би принесувал жртва, би дошол свештениковиот слуга додека месото уште се вареше, со трирогова вилушка во рацете\n14 и забодуваше со неа во котлето или во грнецот, во садот за пржење или во чинијата, и што и да се закачеше на вилушката, го земаше свештеникот за себе. Така им правеа на сите Израелци кои доаѓаа онаму, во Сило.\n15 Така, и пред да беше спалено салото, би дошол свештениковиот слуга и би му рекол на човекот, кој ја принесуваше жртвата: „Дај ми месо за да му испечам на свештеникот! Тој не сака од тебе варено месо, туку само пресно.”\n16 Ако човекот би му рекол тогаш: „Најнапред нека биде спалено салото, а тогаш земи што ти сака душата,” тој би одговорил: „Не, туку дај веднаш.”\n17 Гревот на овие луѓе беше многу голем пред Господа, зашто луѓето ја презираа жртвата што Му беше принесувана на Господа.\n18 А Самоил служеше пред Господа, уште дете во ленен наплеќник.\n19 Неговата мајка му правеше горна облека за наметнување и му ја донесуваше секоја година, кога ќе дојдеше со својот маж, за да ја принесе годишната жртва.\n20 А Илија ги благословуваше Елкана и неговата жена, велејќи: „Господ нека ти даде пород од таа жена наместо подарокот што Му го даде на Господа.” Тогаш се враќаа во својот дом.\n21 Господ ја посети Ана, и таа зачна и роди уште три сина и две ќерки; а детето Самоил растеше со Господа.\n22 Илија веќе беше многу стар, ама сепак чу сè што неговите синови му правеа на сиот Израел, и дека лежеле со жените, кои се собирале при влезот на Шаторот на сведоштвото.\n23 И тој им рече: „Зашто работите такво нешто, за да треба да слушам за тоа од сиот овој народ?\n24 Немојте така, синови мои! Не се добри гласовите што ги слушам... го соблазнувате Господовиот народ.\n25 Ако човек му згреши на човека, Господ ќе пресуди. Но ако човек Му згреши на Господа, кој ќе се заземе за него?” Ама синовите не го послушаа гласот на својот татко, зашто Господ беше одлучил да ги погуби.\n26 А детето Самоил сè повеќе растеше и придобиваше благонаклоност и пред Господа и пред луѓето.\n27 Тогаш дојде еден Божји човек при Илија и му рече: „Господ зборува вака: ‘Нели му се јавив јасно на домот на твојот татко кога беа во Египет, во домот на фараонот?\n28 Ги избрав од сите Израелеви племиња за да ми бидат свештеници, за да се искачуваат на Мојот жртвеник, за да принесуваат жртви паленици и за да носат наплеќник пред Мене: и му ги дадов на домот на твојот татко сите палени жртви на Израелевите синови.\n29 Зошто ја газите Мојата жртва и Мојот лебен принос? И зошто ги пазиш своите синови повеќе од Мене, гоејќи ги со најдобрите делови на сите жртвени приноси на Мојот народ Израел?’\n30 ’Затоа - Господ, Израелевиот Бог говори - навистина реков дека твојот дом и домот на твојот татко ќе стапуваат пред Мене довека, сега - говори Господ - нека е тоа далеку од Мене, ќе ги прославам оние кои Ме прославуваат Мене, а кои не Ме слават Мене, ќе бидат засрамени.\n31 Ете, доаѓаат денови кога ќе ги отсечам твојата мишка и мишката на домот на татка ти, така што веќе не ќе има старец во твојот дом.\n32 Ти ќе гледаш со кривогледо око на сите добра со кои ќе го опсипам Израел, и никогаш веќе не ќе има старец во твојот дом.\n33 Сепак ќе задржам некого од твоите кај Својот олтар, само за да му слабеат очите и за да му венее неговата душа, но сето потомство на твојот дом ќе умира на средна возраст.\n34 Знак ќе биде она што ќе ги снајде твоите два сина, Офниј и Финес: двајцата ќе загинат во ист ден.\n35 Јас ќе си издигнам за Себе си верен свештеник, кој ќе работи според Моето срце и според Мојата душа, и во него ќе создадам траен дом, и тој секогаш ќе оди пред Мојот Помазаник.\n36 А кој ќе остане од твојот дом, ќе доаѓа да му се поклони и да измоли сребрениче или парче леб, и ќе рече: „Те молам, прими ме во каква и да е свештеничка служба, за да имам залак леб.”‘“\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_2_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 970, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6675", "title": "Книга на израелеви судии/ 20 глава", "text": "1 Тогаш сиот Израел излезе и се собра сета заедница како еден човек, од Дан до Вирсавеја и до Галадската Земја, кај Господа во Миспа.\n2 Началниците на сиот народ, на сите Израелеви племиња, дојдоа на собирот на Божјиот народ, четири стотини пешаци свикнати на меч.\n3 А Венијаминовите синови научија дека Израелевите синови се искачиле во Миспа. Тогаш Израелевите синови запрашаа: „Кажете ни како се случи злосторот!”\n4 Леви, мажот на убиената жена, зеде збор: „Дојдов со наложницата во Венијаминовата Гаваја за да преноќам.\n5 А граѓаните на Гаваја станаа против мене и ноќе ја опкружија куќата во која што бев; сакаа да ме убијат мене, а мојата соложница ја изнасилија така што умре.\n6 Затоа ја зедов мртвата соложница, ја исеков на делови и ја испратив во сите краишта на Израелевото наследство, зашто направија беззаконие и срамно дело во Израел\n7 Ете, сите вие, Израелеви синови, разгледајте го делото и одлучете тука.”\n8 Сиот народ стана како еден човек, говорејќи: „Никој од нас нека не се враќа во својот шатор, никој нека не се враќа во својата куќа!\n9 Туку сега ова да и го направиме на Гаваја: ќе фрлиме жрепка;\n10 и ќе земеме од сите Израелеви колена по десет луѓе од сто и по илјада од десет илјади и тие ќе и носат храна на војската, на оние кои ќе тргнат да ја казнат Венијаминова Гаваја за срамното дело што го направила во Израел.”\n11 И се собраа Израелците против оној град, здружени како еден човек.\n12 Тогаш Израелевите племиња испратија пратеници по сето Венијаминово племе со порака: „Какво гнасно дело е направено среде вас?\n13 Сега предајте ги оние развратни луѓе, кои се во Гаваја, за да ги погубиме и да го откорнеме злото од Израел!” Но Венијаминовците не сакаа да ги послушаат своите браќа Израелци.\n14 Венијаминовите синови се собраа, од своите градови, во Гаваја за да завојуваат против Израелците.\n15 А Венијаминовците, кои дојдоа од разни градови, беа изброени во тој ден дваесет и шест илјади луѓе свикнати на меч, без жителите на Гаваја.\n16 Од сиот тој народ имаше седум стотини вешти луѓе, кои беа леваци, и секој од нив гаѓаше со камен од праќка точно на влакно, не промашувајќи ја целта.\n17 А Израелците беа, без Венијаминовите синови, четири стотини илјади, сè луѓе свикнати на меч и сè само воини.\n18 Израелевите синови, откако станаа, тргнаа во Ветил за да се посоветуваат со Бога: „Кој од нас да тргне прв во бој против Венијаминовите синови?” - прашаа Израелците. А Господ одговори: „Јуда нека тргне прв.”\n19 Наутро Израелците тргнаа та се влогорија пред Гаваја.\n20 Откако тргнаа во бој против Венијаминовците, се наредија во боен ред пред Гаваја.\n21 А Венијаминовите синови излегоа од Гаваја и му погубија во тој ден на Израел дваесет и две илјади луѓе, кои останаа на полето.\n22 Израелците отидоа и плачеа пред Господа сè до вечерта, а тогаш Го прашаа Господа: „Треба ли пак да излеземе во бој против синовите на нашиот брат Венијамин?” А Господ им одговори: „Тргнете против него!”\n23 Тогаш војската на Израелевите синови се охрабри и повторно се нареди во боен ред, на истото место каде што се наредија во првиот ден.\n24 На вториот ден Израелците им се приближија на Венијаминовците,\n25 но во тој втор ден, Венијамин излезе од Гаваја пред нив и им уби на Израелците уште осумнаесет илјади луѓе, кои останаа во полето, сè само одбор воини, свикнати на меч.\n26 Тогаш сите Израелци и сиот народ отидоа во Ветил (Божји Дом), па плачеа и стоеја таму пред Господа; постеа цел ден до вечерта, принесуваа паленици и помирителни жртви пред Господа.\n27 И тогаш Израелците пак Го прашаа Господа, (зашто во она време Ковчегот на Божјиот Завет се наоѓаше на тоа место,\n28 и Финес, син на Ароновиот син Елеазар, стоеше пред него во оние денови.) Тие прашаа: „Треба ли пак да излеземе против синовите на нашиот брат Венијамин?” А Господ им одговори: „Тргнете, зашто утре ќе ги предадам во ваши раце.”\n29 Тогаш Израел постави чети во заседа околу Гаваја.\n30 На третиот ден Израелците тргнаа против Венијаминовците, и се наредија во бојни редови пред Гаваја, како и порано.\n31 Венијаминовите синови излегоа против нив, а тие ги намамија далеку од градот. Како и порано Венијаминовците убиваа некои по патиштата, од кои еден водеше кон Ветил, а другиот во Гаваја; така убија околу триесет Израелци.\n32 И Венијаминовите синови зборуваа: „Еве ги биеме како и првиот пат.” А Израелците рекоа: „Да бегаме додека не ги намамиме на отворени патишта, далеку од градот!”\n33 Тогаш главнината на Израелевата војска стана од својот положај и се нареди во боен ред кај Вал Тамара, а Израелевата заседа излезе од своето засолниште западно од Гаваја.\n34 Десет илјади способни луѓе, избрани од сиот Израел, дојдоа кон Гаваја. Бојот беше жесток. Венијаминовите синови и не насетуваа дека ќе ги стигне зло.\n35 И Господ го порази Венијамина пред Израел во тој ден, та Израелците му погубија на Венијамина дваесет и пет илјади и сто луѓе свикнати на меч.\n36 Венијаминовите синови видоа дека се победени. Луѓето Израелци се повлекоа од своите бојни редови пред Венијамина, надевајќи се на заседата што ја поставија околу Гаваја.\n37 А оние кои беа во заседата се нафрлија брзо против Гаваја и, откако влегоа во неа, ги исекоа со остар меч сите жители.\n38 Израелевите мажи се беа договориле со оние од заседата, тие да кренат столб од дим од градот како знак:\n39 тогаш Израелевите мажи ќе се повлечат од бојот. Венијамин почна да ги убива Израелците и им исече триесет луѓе, и си рекоа: „Навистина, паѓаат пред нас како во поранешниот бој.”\n40 А кога знакот, столб од дим, почна да се издига од градот, Венијамин се обѕрна и виде како пламен од целиот град се вишка кон небото.\n41 Тогаш Израелевите мажи се завртија, а Венијаминовците ги опфати ужас, зашто видоа дека ги најде зло.\n42 И избегаа пред Израелците кон пустината, но воините им беа зад петиците, а оние кои доаѓаа од градот ги убиваа од зад плеќи.\n43 Така го опколија Венијамина и, гонејќи го без здивнување, го уништија до Гаваја на источната страна.\n44 И на Венијамин му паднаа осумнаесет илјади луѓе, сè само способни јунаци.\n45 Преживеаните се завртија и избегаа во пустината кон Римонската Стена. Сечејќи по патиштата, Израелците погубија уште пет илјади луѓе.\n46 Во тој ден, на Венијаминовците им паднаа дваесет илјади луѓе навикнати на меч, сè само способни луѓе.\n47 Шест стотини луѓе избегаа во пустината кон Римонската Карпа и останаа таму четири месеци.\n48 Потоа Израелевите луѓе им се вратија на Венијаминците, ги исекоа со остри мечеви мажите во градовите, добитокот и сè што се нашло; и ги изгореа со оган сите градови што ги најдоа во Венијамин.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1128, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6708", "title": "Прва книга Самоилова/ 10 глава", "text": "1 Тогаш Самоил зеде сад со масло па го излеа врз главата на Саула, потоа го пољуби и рече: „Со ова Господ те помаза за кнез над Својот народ Израел. Ти ќе владееш над Господовиот народ, и ќе го избавиш од рацете на неговите непријатели наоколу. И еве ти знак дека Господ те помаза за кнез над Своето наследство.\n2 Кога ќе заминеш сега од мене, ќе најдеш двајца луѓе кај Рахилиниот Гроб, на границата на Венијаминовата Земја, во Селса. Тие ќе ти речат: ‘Се најдоа ослиците, кои тргна да ги бараш; и ете, твојот татко ги заборави ослиците, и се загрижи за вас и вели: „Што да направам за својот син?”‘\n3 Кога ќе заминеш оттаму натаму и ќе дојдеш до Таворскиот Даб, ќе сретнеш таму тројца луѓе кои ќе одат горе кон Бога во Ветил. Едниот ќе носи три јариња, другиот три леба, а третиот мев со вино.\n4 Тие ќе те поздрават, и ќе ти дадат два леба, а ти прими ги од нивните раце.\n5 Потоа ќе дојдеш во Божја Гаваја каде се наоѓаат филистејските граничари. Кога ќе влезеш во градот, ќе сретнеш дружина пророци, кои ќе слегуваат од високото место, а пред нив псалтири, тапанчиња кавалчиња и гуслиња; и тие ќе пророкуваат.\n6 Тогаш Господовиот Дух ќе слезе на тебе, и ќе пророкуваш со нив, и ќе се измениш во друг човек.\n7 А кога ќе се исполнат тие знакови, тогаш прави како што ќе посакаш, зашто Бог е со тебе.\n8 Потоа ќе слезеш пред мене во Галгал, и јас ќе слезам при тебе, за да принесам паленици и помирителни жртви. Чекај седум денови додека не дојдам кај тебе и да те поучам што ќе правиш.”\n9 Штом Саул ги сврте плеќите за да си отиде од Самоила, Бог му го промени срцето, и сите оние знаци се исполнија во оној ден.\n10 Имено кога дојдоа во Гаваја, ете, му дојде во пресрет дружина пророци, и Божјиот Дух слезе на него, и тој пророкуваше среде нив.\n11 И кога сите, кои го познаваа отпорано, го видоа како пророкува со пророците, почнаа да зборуваат еден на друг: „Што се случи тоа со Кисовиот син? Зар е Саул меѓу пророците?”\n12 А еден од нив одговори и рече: „А кој е нивниот татко?” Од тоа стана пословицата: „Зар е и Саул меѓу пророците!”\n13 Кога прекрати да пророкува Саул се врати дома.\n14 А Сауловиот чичко ги праша него и слугата: „Каде отидовте?” А Саул одговори: „Да ги бараме ослиците; а кога видовме дека ги нема, отидовме кај Самоил.”\n15 А неговиот чичко го замоли: „Раскажи ми што ви рече Самоил.”\n16 А Саул му одговори на својот чичко: „Ни рече дека се најдоа ослиците.” Ама не му рече ништо за царската чест што му ја прорече Самоил.\n17 Потоа Самоил го свика народот пред Господа во Миспа\n18 и им рече на Израелевите синови: „Вака зборува Господ: ‘Јас го изведов Израел од Египет и ве избавив од египетските раце и од рацете на сите царства, кои ве угнетуваа.’\n19 А вие го отфрливте денес својот Бог, Оној Кој ве избавуваше од сите ваши зла и од сите ваши неволји, и Му рековте: ‘Не, туку постави ни цар над нас!’ Затоа сега застанете пред Господа според своите племиња и родови.”\n20 Потоа Самоил ги приведе сите Израелеви племиња, и жрепката падна на Венијаминовото племе.\n21 Потоа го приведе Венијаминовото племе по родовите, и жрепката падна на Матриевиот род; и кога го приведе Матриевиот род, човек по човек, жрепката падна на Саула, синот Кисов; но кога го побараа, не го најдоа.\n22 Тогаш го прашаа уште еднаш Господа: „Дали дојде тој човек тука?” А Господ одговори: „Ене го, се скрил зад товарот.”\n23 Стрчаа и го доведоа оттаму; а кога застана среде народот, беше со главата и со рамениците повисок од сите.\n24 Тогаш Самоил му рече на сиот народ: „Видовте ли кого го избра Господ? Не му има рамен во сиот народ.” И сиот народ почна да воскликнува и да вика: „Да живее царот!”\n25 Тогаш Самоил му го соопшти на народот царското право и го запиша во книжен свиток што го положи пред Господа. Најпосле Самоил го отпушти сиот народ, за да си оди секој во својата куќа.\n26 Саул исто така се врати дома во Гаваја, а со него тргнаа јунаците на кои Бог им ги допре срцата.\n27 Ама некои ништожници рекоа: „Како ќе нè спаси тој?” И го презреа и не му донесоа никаков подарок. Тој се преправаше како да не го гледа тоа.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_10_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 757, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6717", "title": "Прва книга Самоилова/ 15 глава", "text": "1 Еднаш Самоил му рече на Саула: „Господ ме испрати мене за да те помажам за цар над Неговиот народ, Израел. И така послушај ги Господовите зборови.\n2 Господ над Воинствата зборува вака: ‘Одлучив да се одмаздам за она што Амалик му направил на Израел, затворајќи му го патот кога излегуваше од Египет.\n3 Сега оди и удри на Амалик, изврши проклето уништување, врз него и врз сè што има; не поштедувај го, погуби ги мажите и жените, децата и доилчињата, говедата и овците, камилите и ослиците!’”\n4 Саул го свика народот да го преброи во Телаим: беа две стотини илјади пешаци (и десет илјади Јудејци).\n5 Саул дојде до Амаличкиот град и постави заседа во долината на потокот.\n6 Потоа Саул им порача на Кенејците: „Отидете и одвоете се од Амаликците за да не ве истребам заедно со нив, зашто им бевте наклонети на сите Израелци кога излегуваа од Египет.” И Кенејците се одвоија од Амаликците.\n7 Саул ги порази Амаликците од Авила па сè до Сур, кој лежи пред Египет.\n8 И го фати жив Агаг, амаличкиот цар, а сиот народ го сотре со острилото на мечот, извршувајќи клето уништување.\n9 Но Саул и народот ги поштедија Агаг и најдобрите овци и најдобрите говеда, згоената стока и јагнињата, и сè што беше добро. Не сакаа да извршат клето уништување над сè тоа; туку над тоа што беше без цена и вредност од добитокот, врз тоа извршија проклето уништување.\n10 Затоа му дојде Господовото слово на Самоила вака:\n11 ”Се кајам што го поставив Саула за цар: се сврти од Мене и не ги исполни Моите заповеди.” Самоил се нажали, и цела ноќ извикнуваше кон Господа.\n12 Рано наутро Самоил тргна за да го побара Саула. И му јавија на Самоила вака: „Саул отиде во Кармил, и ете, си подигна таму споменик; потоа отиде натаму и слезе во Галгал.”\n13 Кога Самоил дојде кај Саула, Саул му рече: „Благословен да си од Господа! Ја извршив Господовата заповед.”\n14 Ама Самоил праша: „Какво е тоа блеење на овци што достига до моите уши и мукање на говеда што го слушам?”\n15 А Саул одговори: „Ги потераа од Амаликците, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и најдобрите говеда, за да ги жртвува на Господа, на твојот Бог. Сè друго истребивме!”\n16 А Самоил му рече на Саула: „Застани да ти кажам што ми откри ноќеска Господ.” А тој рече: „Зборувај”.\n17 Тогаш Самоил рече: „Колку и да си мал во своите очи, сепак стана главатар на Израелевите племиња. Господ те помза за цар над Израел.\n18 Господ те испрати во воен поход и ти заповеда: ‘Оди изврши клето уништување над тие грешници, над Амаликците, војувај против нив до истребување.’\n19 Зошто не ги послуша Господовите зборови? Зошто се нафрли на грабеж и го стори она што е зло во Господовите очи?”\n20 Саул му одговори на Самоила: „Јас го послушав Господовиот збор: презедов поход каде што ме испрати, го доведов Агаг, амаличкиот цар, и извршив клето истребување над Амаликците.\n21 Но народот зеде од пленот овци и говеда, и тоа од најдобрите врз кои требаше да биде извршен клето истребување, за да Му ги жртвува на Господа, на твојот Бог, во Галгал.”\n22 А Самоил одговори: „Дали Му се на Господа помили палениците и приносите од послушноста кон Неговиот глас? Знај, послушноста е поскапоцена од најдобрата жртва, покорноста е подобра од овни;\n23 непокорноста е како гревот на вражањето самоволието е како злостор со идолите. Ти го отфрли Господовиот збор, затоа Господ те отфрли тебе, за да не бидеш повеќе цар!”\n24 Тогаш Саул му одговори на Самоила: „Згрешив што ги прекршив Господовата заповед и твоите наредби. Се боев од народот и му попуштив на неговото барање.\n25 А сега прости ми го мојот грев и врати се со мене, за да му се поклонам на Господа.”\n26 Но Самоил му одговори на Саула: „Нема да се вратам со тебе: ти го отфрли Господовото слово, затоа Господ те отфрли тебе, за да не бидеш веќе цар над Израел.”\n27 Кога Самоил се сврте за да си отиде, Саул го фати цврсто скутот на неговата наметка, но скутот се отцепи.\n28 Тогаш Самоил му рече: „Денес Господ ти го отцепи царството над Израел и му го даде на твојот сосед, кој е подобар од тебе.”\n29 Сепак Силниот Израелев Светец не лаже и не се кае, зашто не е човек за да се кае.\n30 Саул рече: „Согрешив; но сега направи ми чест пред старешините на мојот народ и пред Израел и врати се со мене, за да Му се поклонам на Господа, на твојот Бог.”\n31 И Самоил се врати со Саула, и Саул му се поклони на Господа.\n32 Потоа Самоил заповеда: „Доведете го при мене Агаг, амаличкиот цар!” И Агаг дојде при него весело и рече: „Навистина, горчината на смртта одминала!”\n33 Самоил му одговори: „Како што твојот меч им ги одзеде децата на многу жени, така твојата мајка ќе остане меѓу жените без дете!” И Самоил го сосече Агага пред Господа во Галгал.\n34 Потоа Самоил отиде во Рама, а Саул се врати во својот дом, во Сауловата Гаваја.\n35 И Самоил не го виде веќе Саула до својот смртен ден. Самоил тажеше заради Саула, ама Господ воздивна што го постави Саула за цар над Израел.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_15_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 883, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6726", "title": "Прва книга Самоилова/ 19 глава", "text": "1 Саул им ја образложи на својот син Јонатан и на сите свои дворјани својата намера да го убие Давида. Но Јонатан, Сауловиот син, мошне многу се радуваше на Давида.\n2 И Јонатан тоа му го соопшти на Давида вака: „Мојот татко Саул има намера да те убие. И така биди внимателен утре наутро, остани во скривалиштето и скриј се.\n3 А јас ќе излезам и ќе стојам покрај мојот татко во полето каде што ќе бидеш ти, и ќе зборувам за тебе со мојот татко. Кога ќе научам како е, ќе ти јавам.”\n4 Јонатан му го пофали Давида на својот татко и му рече вака: „Царот нека не се огреши за својот слуга Давид, зашто тој ништо не згрешил за тебе; спротивно, тоа што го правеше беше од голема полза за тебе.\n5 Тој го стави својот живот на коцка, го уби Филистеецот, и Господ му прибави голема победа на сиот Израел: виде и се радуваше. И така зошто би згрешил за невина крв, убивајќи го Давида без причина?”\n6 Саул ги сослуша Јонатановите зборови и се заколна: „Живиот ми Господ, Давид нема да умре!”\n7 Тогаш Јонатан го повика Давида и му ги кажа тие зборови. Потоа Јонатан го доведе Давида кај Саула, и Давид пак ја доби службата што ја имаше порано.\n8 И пак избувна војна, Давид излезе на боиште за да се бори со Филистејците; и ги порази така што избегаа пред него.\n9 Тогаш лошиот Божји дух го обзеде Саула; кога седеше во својата куќа со копјето во раката, а Давид свиреше со лирата,\n10 Саул се обиде да го прикове Давида со своето копје за ѕидот. Давид побегна и се спаси\n11 Во истата ноќ Саул испрати гласници за да ја надгледуваат Давидовата куќа, зашто сакаше да го убие Давида рано наутро. Но Давидовата жена Михала му го соопшти тоа на Давида, говорејќи: „Ако ноќеска не избегаш на безбедно место, утре ќе бидеш мртов!”\n12 Тогаш Михала го спушти Давида низ прозорецот. Тој си отиде и се спаси со бегство.\n13 А Михала го зеде кипот, го положи во постела, му стави козји влакна околу главата и го покри со покривка.\n14 Кога Саул испрати гласници за да го фатат Давида, таа им рече: „Болен е.”\n15 Но Саул ги врати гласниците за да го видат Давида, и им заповеда: „Донесете го кај мене во постела, за да го убијам!”\n16 А кога гласниците влегоа, ете: во постелата беше кипот, со козина околу главата!\n17 Тогаш Саул и рече на Михала: „Зошто ме измами така и го пушти мојот непријател да побегне и да се спаси?” А Михала му одговори на Саула: „Тој ми рече: ‘Пушти ме да си одам, или ќе те убијам!’”\n18 Така Давид избега и се спаси. И тој отиде кај Самоила во Рама и му јави за сè што му направи Саул. Потоа тој и Самоил отидоа и се настанија во Најот.\n19 А на Саула му јавија вака: „Ене го Давид во Најот во Рама.”\n20 Тогаш Саул испрати гласници за да го фатат Давида. Кога тие видоа пророчки собир во пророчки занес, а Самоил на нивно чело, Божјиот Дух ги опфати и Сауловите гласници, та и тие пророкуваа.\n21 Кога му го јавија тоа на Саула тој испрати други гласници, но и тие пророкуваа. Потоа Саул испрати и трети гласници, ама и тие пророкуваа.\n22 Тогаш Саул тргна сам во Рама, и кога дојде до големиот кладенец кај Сокхот, праша: „Каде се Самоил и Давид?” И му одговорија: „Ене ги во Најот во Рама.”\n23 Тој веднаш тргна кон Најот во Рама. Но и него го обзеде Божји Дух, па одеше во пророрчки занес сè додека не дојде во Најот во Рама.\n24 Таму и тој ги соблече своите облеки зашто и него го обзеде занес пред Самоила; потоа легна гол и остана така целиот тој ден и сета ноќ. Оттогаш се вели: „Зар е и Саул меѓу пророците?”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_19_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 659, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6724", "title": "Прва книга Самоилова/ 18 глава", "text": "1 Кога Давид го заврши разговорот со Саула, Јонатановата душа се наклони кон Давидовата душа, и Јонатан го возљуби како самиот себеси.\n2 Саул го задржа Давида во оној ист ден кај себе, не го остави да се врати во куќата на својот татко.\n3 И Јонатан склучи сојуз со Давида, зашто го љубеше како самиот себе.\n4 И Јонатан ја симна наметката што ја имаше на себе и му ја даде на Давида; така и својата облека, па и својот меч, својот лак и својот појас.\n5 Во сите свои походи, каде и да го праќаше Саул, Давид постапуваше разумно, и Саул го постави на чело на своите воини; тој му замилеа на сиот народ, па и на Сауловите дворјанци.\n6 При нивното враќање, кога Давид се враќаше откако го уби Филистеецот, жените од сите Израелеви градови му излегоа во пресрет на царот Саул воскликнувајќи весело, пеејќи и играјќи при звуци на тапани и гуслиња.\n7 Жените пееја играјќи: „Саул погуби илјади, Давид десетици илјади.”\n8 Саул се расрди многу, не му беше мила таа песна. Затоа рече: „На Давида му дадоа десетици илјади, а мене само илјада! Уште му треба само царството!”\n9 И од тој ден Саул го гледаше Давида со омраза.\n10 Утреден зол Божји дух го нападна Саула, така што беснееше по куќата. Давид удираше со раката по лирата како во другите денови, а Саул имаше копје во раката.\n11 И Саул го фрли копјето велејќи во себе: „Сега ќе го заковам Давида за ѕидот!” Но Давид му избега двапати.\n12 Саул почна да се бои од Давида, зашто Господ беше со него, а отстапи од Саула.\n13 Затоа Саул го отстрани од својата близина и го постави за илјадник; тој излегуваше и се враќаше на чело на народот.\n14 Давид имаше успех во сите свои патишта, зашто Господ беше со него.\n15 Кога Саул виде дека Давид има многу успеси, го опфати страв од него.\n16 Ама Давид им замилеа на сиот Израел и на Јуда, зашто тој ги водеше по сите нивни патишта.\n17 Саул му рече на Давида: „Еве ќе ти ја дадам за жена својата најстара ќерка Мерава, само биди ми храбар и води ги Господовите боеви!” Саул мислеше: „Нема да падне од мојата рака, туку нека се крене на него филистејската рака!”\n18 А Давид одговори: „Кој сум јас и што значи мојот живот, што куќата на мојот татко, во Израел, за да бидам царев зет?”\n19 И кога дојде време Сауловата ќерка Мерава да тргне со Давида, му ја дадоа за жена на Адрил од Меола.\n20 Ама Давида го љубеше Сауловата ќерка Михала; кога му јавија тоа на Саула, му беше право.\n21 Тој рече во себе: „Ќе му ја дадам, ама таа ќе му биде стапица, и филистејската рака ќе се дигне на него.” Саул по вторпат му рече на Давида: „Денес ќе ми бидеш зет.”\n22 Тогаш Саул им заповеда на своите слуги вака: „Разговарајте со Давида тајно и речете му: ‘Ете, му замиле на царот, и сите негови дворјани те сакаат; затоа биди царев зет!’”\n23 И Сауловите слуги му ги повторија тие зборови на Давида, ама Давид им одговори: „Зар е во вашите очи нешто мало да се стане царев зет? Јас сум само беден и мал човек!”\n24 Сауловите слуги му го соопштија тоа на Саула, велејќи: „Еве ти ги зборовите што ги рече Давид.”\n25 А Саул одговори: „Речете му на Давида вака: ‘Царот не бара никаков свадбен подарок туку само сто филистејски обрезоци, за да им се одмазди на царевите непријатели.’” Саул мислеше така ќе го урне Давида во рацете на Филистејците.\n26 Сауловите слуги му ги соопштија тие зборови на Давида, а нему му беше по волја да стане царев зет. Уште пред да истече времето\n27 Давид се подготви и тргна со своите луѓе па им уби на Филистејците две стотини луѓе; и ги донесе нивните обрезоци и му ги предаде на царот на број, за да стане негов зет. Тогаш Саул му ја даде својата ќерка Михала за жена.\n28 Саул виде јасно дека Господ е со Давида и дека сиот Израелев дом го љуби.\n29 И Саул се исплаши уште повеќе од Давида и му стана непријател на Давида засекогаш.\n30 А филистејските кнезови излегуваа во бој, ама колку пати и да излегуваа, Давид имаше повеќе успеси отколку сите Саулови дворјани; и така неговото име стана многу славно.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_18_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 736, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6722", "title": "Прва книга Самоилова/ 17 глава", "text": "1 Филистејците ги собраа своите чети и се состанаа кај Сокхот во Јудеја. Се влогорија меѓу Сокхот и Азика кај Ефес Дамим.\n2 А Саул и Израелците се собраа и се влогорија во Теребинската Долина и се наредија за бој против Филистејците.\n3 Филистејците стоеја на гората од едната страна, Израелците на гората од другата страна, а долината беше меѓу нив.\n4 Од филистејските редови излезе еден предизвикувач. Се викаше Голијат, а беше од Гат. Беше висок шест лакти и една педа.\n5 На главата имаше бронзена кацига, беше облечен во лушпест оклоп, а оклопот му беше тежок пет илјади бронзени сикли.\n6 На нозете имаше бронзени ногалки, а на рамената бронзен штит.\n7 Дршката на неговото копје беше како ткајачко кросно, а врвот на копјето тежеше шест стотини железни сикли. Пред него врвеше штитоносец.\n8 Тој застана пред израелските бојни редици и им викна: „Зашто сте излегле да се наредите за битка? Не сум ли јас Филистеец, а вие Саулови слуги? Изберете од вас еден човек па нека слезе кон мене!\n9 Ако победи во борбата против мене и ако ме погуби, ние ќе бидеме ваши слуги. Ако пак јас го победам него и го погубам, тогаш вие ќе бидете наши слуги и ќе ни робувате.”\n10 Филистеецот рече уште: „Јас денес ги предизвикав Израелевите бојни редови. Дајте ми човек за да се обидеме во двобој!”\n11 Кога Саул и сиот Израел чуја што рече Филистеецот, ги опфати страв и трепет.\n12 Давид му беше син на некој си Ефраќанец од Витлеем во Јудеја; тој се викаше Јесеј, а имаше осум синови. Тој човек, во Сауловото време, беше стар и напреднат во годините.\n13 Трите најстари Јесееви синови беа отишле по Саула во војна; а тие три негови синови, кои беа отишле во војна, се викаа: најстариот Елијав, вториот Авинадав, а третиот Сама.\n14 Давид беше најмлад. А трите најстари беа отишле по Саула.\n15 Давид одеше кај Саула и се враќаше од неговата служба, за да ги пасе стадата на својот татко во Витлеем.\n16 А Филистеецот излегуваше секое утро и вечер и се покажуваше така четириесет дни.\n17 А Јесеј му рече на својот син Давид: „Земи ги за своите браќа оваа ефа пржено жито и овие десет лебови и однеси ги побрзо кај своите браќа во логорот.\n18 А оние десет пити сирење, однеси ги на нивниот илјадник. Распрашај се за здравјето на своите браќа и донеси од нив знак дека си го извршил налогот!\n19 Тие се со Саула и со сите Израелци во Илинската Долина: војуваат против Филистејците.”\n20 Давид стана рано наутро, му го остави стадото на еден чувар, се приготви и отиде како што му беше заповедал Јесеј. Стигна во логорот кога војската излегуваше во боен ред и дигаше боен восклик.\n21 Израелците и Филистејците се наредија во боен ред едни спроти други.\n22 Давид ги остави своите работи на чуварот на спремата па отрча во бојниот ред. Откако дојде ги праша своите браќа за здравјето.\n23 Додека разговараше со нив, ете, оној предизвикувачот (се викаше Голијат, Филистеец од Гат) излезе од филистејските бојни редови и ги повтори истите зборови како порано. И Давид ги чу.\n24 А штом Израелците го здогледаа тој човек, избегаа сите далеку од него, и страв ги опфати.\n25 Некој Израелец рече: „Дали го видовте оној човек што излезе? А излезе да го предизвикува Израел. Кој ќе го погуби него, царот ќе му даде големо благо, и ќе му ја даде својата ќерка, и ќе го ослободи од данок неговиот татковски дом во Израел.”\n26 Тогаш Давид ги праша луѓето, кои стоеја околу него: „Што ќе добие човекот, кој ќе го убие тој Филистеец и го симне срамот од Израел? И кој е тој необрезан Филистеец, за да ги предизвикува бојните редови на живиот Бог?”\n27 А народот му одговори со истите зборови како порано: „Ете тоа ќе добие човекот, кој ќе го погуби.”\n28 А кога Елиав, неговиот најстар брат, чу како разговараше со луѓето, пламна со гнев против Давида па му рече: „А што си дошол ти тука? Кому му ги остави оние малку овци во пустината, ја знам јас твојата дрскост и злобата на твоето срце: дојде за да ја видиш битката!”\n29 А Давид одговори: „А што направив? Зар не смее да се рече ни збор?”\n30 Тогаш се сврти од него кон друг и го праша со истите зборови како порано. Народот му одговори исто како првиот пат.\n31 Кога луѓето чуја што зборува Давид, му го јавија тоа на Саула, а тој го повика пред себе.\n32 Давид му рече на Саула: „Нека никому не му омалодуши заради оној човек! Твојот слуга ќе излезе и ќе се бори со тој Филистеец.”\n33 Ама Саул му одговори на Давида: „Не можеш ти да излезеш против тој Филистеец за да се бориш со него, зашто ти си уште дете, а тој е воин од својата младост.”\n34 Но Давид му одговори на Саула: „Твојот слуга му ги чуваше овците на својот татко, па кога би дошол лав или мечка па ќе фател овца од стадото,\n35 јас отрчував по него, го удирав и му ја истргнував овцата од устата. А ако се кренеше тој против мене го фаќав за гривата и го удирав додека не го убиев.\n36 Твојот слуга убил и лав и мечка, па и тој необрезан Филистеец ќе помине како еден од нив, зашто ги предизвика бојните чети на живиот Бог.”\n37 Давид додаде уште: „Господ Кој ме избави од лавовите кани и од мечкините шепи, ќе ме избави и од рацете на тој Филистеец.” Тогаш Саул му рече на Давида: „Отиди и Господ нека биде со тебе!”\n38 Саул го облече Давида во својата воена облека, на главата му стави бронзена кацига и му стави оклоп.\n39 Му го припаша на Давида својот меч преку облеката, но Давид напразно се обиде да оди, зашто не беше свикнал, па му рече на Саула: „Не можам да одам во тоа, зашто не сум свикнал.” Затоа сè соблече од себе.\n40 Давид го зеде својот стап во раката, избра во потокот пет мазни камчиња и ги стави во својата пастирска торба, што му служеше како торба за праќка, та со праќката во раката тргна кон Филистеецот.\n41 А Филистеецот сè поблиску му се доближуваше на Давида, додека неговиот штитоносец чекореше пред него.\n42 А кога Филистеецот погледна и го виде Давида, го презре заради неговата младост - Давид беше младинец, румен, со убаво лице.\n43 Затоа Филистеецот му рече на Давида: „Зар сум јас пес да идеш против мене со стапови?” И почна да го проколнува Давида со своите богови.\n44 Потоа Филистеецот му рече на Давида: „Дојди кај мене, за да им го дадам твоето месо на небесните птици и на земните ѕверови!”\n45 А Давид му одговори на Филистеецот: „Ти доаѓаш против мене со меч, со копје и со штит, а јас одам против тебе во името на Господа на Силите, Бога на Израелевите чети, кои ти ги предизвика.\n46 Денес Господ ќе те предаде во мојата рака, јас ќе те убијам, ќе ја симнам твојата глава и уште денес ќе им го дадам твоето мртво тело и телата на филистејската војска на небесните птици и на земните ѕверови. Сета земја ќе знае дека има Бог во Израел.\n47 И сиот овој собир ќе знае дека Господ не дава победа со меч ни со копје, зашто Господ е господар на битката, и Тој ве предава во наши раце.”\n48 Кога Филистеецот се доближи и тргна кон Давида, Давид излезе од бојните редови и тргна кон Филистеецот.\n49 Давид посегна со раката во торбата, извади камче од неа, и го фрли од праќката. И го погоди Филистеецот во челото; камчето му се закачи во челото, и тој падна ничкум на земјата.\n50 Така Давид со камче и праќка го победи Филистеецот: го удри Филистеецот и го уби, а немаше меч во раката.\n51 Затоа Давид потрча и застана врз Филистеецот, го грабна неговиот меч, го извлече од ножницата и го погуби Филистеецот, отсечувајќи му ја главата. Кога Филистејците видоа како загина нивниот јунак се нафрлија во бегство.\n52 Тогаш станаа Израелците и Јудејците и извикувајќи ги спотераа Филистејците до окопите околу Гат и до градските врати на Акарон; филистејските мртви го покрија патот од Сараим сè до Гат и до Акарон.\n53 Тогаш Израелците се вратија од таа жестока потера по Филистејците и го ограбија нивниот логор.\n54 А Давид ја зеде главата на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а неговото оружје го стави во својот шатор.\n55 Кога Саул го виде Давида како излегува пред Филистеецот, го праша својот војвода Авенир: „Чиј син е тој младинец, Авенире?” А Авенир одговори: „Жив да ми е твојот живот, цару не знам!”\n56 А царот му рече: „Распрашај се чиј син е тој младинец!”\n57 А кога се врати Давид, откако го погуби Филистеецот, Авенир го зеде и го доведе пред Саула, а Давид уште ја држеше филистеевата глава во раката.\n58 Саул го праша: „Чиј син си ти момче?” А Давид му одговори: „Син сум на твојот слуга Витлеемецот Јесеј.”\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_17_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1513, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6716", "title": "Прва книга Самоилова/ 14 глава", "text": "1 Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот момок, оруженосец: „Ајде да поминеме до филистејската стража, која е онаму преку.” Не му јави ништо за тоа на својот татко.\n2 Саул седеше на меѓата на Гаваја, под калинката што беше во Мигрон; а со него беа околу шест стотини луѓе.\n3 А Ахиј синот Ахитов, братот Ихаводов, синот Финесов, синот Илиев, на Господовиот свештеник во Сило, носеше наплеќник. Народот не забележа дека Јонатан си отиде.\n4 Во средината на клисурата каде што Јонатан сакаше да помине за да дојде до филистејската стража имаше стрмен камен од едната страна и стрмен камен од другата страна. Едниот се викаше Восес, а другиот Сене.\n5 Првиот стрмен камен стоеше на север, спроти Михмас, а другиот на југ, спроти Гаваја.\n6 Јонатан му рече на својот оруженосец: „Ајде да поминеме до стражата на оние необрезаници. Можеби Господ ќе направи нешто за нас, зашто ништо не Му пречи на Господа да додели победа, било да се многу луѓе или малку.”\n7 А штитоносецот му одговори: „Прави сè на што те поттикнува твоето срце. Јас ќе дојдам со тебе, моето срце е како твоето срце.”\n8 Јонатан му одговори: „Еве ќе поминеме кон тие луѓе и ќе им се покажеме.\n9 Ако ни речат вака: ‘Не мрдајте сè додека не дојдеме до вас,’ тогаш ќе се исправиме на местото и нема да се искачуваме кон нив.\n10 Ама ако ни речат вака: ‘Искачете се кон нас,’ тогаш ќе се искачиме, зашто Господ ни ги предаде во рацете. Тоа ќе ни биде знак.”\n11 Кога двајцата и се покажаа на филистејската стража, филистејците рекоа: „Ете Евреите почнаа да излегуваат од дупките во кои се скрија.”\n12 И стражарите му викнаа на Јонатана и на неговиот оруженосец: „Искачете се кон нас за да ве научиме нешто!” А Јонатан му рече на својот оруженосец: „Искачувај се по мене, зашто Господ ги предаде во Израелевите раце.”\n13 Јонатан почна да се искачува помагајќи се со рацете и нозете, а по него неговиот оруженосец. Филистејците паѓаа пред Јонатана, а неговиот штитоносец ги убиваше по него.\n14 Во тој прв колеж што го направија Јонатан и неговиот штитоносец, паднаа дваесет луѓе на од прилика половина рало изорано поле.\n15 Тогаш се рашири страв по логорот и по полето, а стравот ги опфати и стражарите и четата грабачи; и земјата се стресе, и тоа беше силен Божји страв.\n16 А Сауловите стражари во Венијаминовата Гаваја забележија дека мноштвото во логорот се разбранувало на сите страни.\n17 И Саул им рече на луѓето кои што беа со него: „Извикувајте по име и видите кој си отишол од нас.” А кога прозиваа, ете, ги немаше Јонатана и неговиот штитоносец!\n18 Тогаш Саул му рече на Ахиј: „Приближи го наплеќникот! Посоветувај се со Господа!” Зашто Божјиот Ковчег во тоа време беше со Израелевите синови.\n19 Но додека Саул зборуваше со свештеникот, вревата во филистејскиот логор стануваше сè поголема, па Саул му рече на свештеникот: „Повлечи ја раката!”\n20 Тогаш Саул и сиот народ што беше со него тргнаа заедно кон местото на бојот, и ете, таму ги беа извлекле мечевите едни на други, и голем смут владееше меѓу нив.\n21 А оние Евреи кои од поодамна беа во служба на Филистејците и кои што тргнаа сега со нив во војската, се одметнаа од нив и им се придружија на Израелците, кои беа со Саула и со Јонатана.\n22 И сите Израелци, кои се беа скриле во Ефремовата Гора, откако чуја дека Филистејците бегаат, се нафрлија по нив во бој.\n23 Така Господ му додели победа на Израел во оној ден, а бојот се рашири сè до преку Вет Авен.\n24 Израелците беа во оној ден многу изморени, зашто Саул ја изрече над народот оваа заклетва: „Проклет да биде човекот, кој ќе вкуси храна пред вечерта, пред да им се одмаздам на своите непријатели!” Така сиот народ не вкуси храна во тој ден.\n25 Но таму имаше саќи со мед на површината на земјата.\n26 Кога народот дојде онаму, виде како тече мед, но никој не ја принесе раката кон устата, зашто народот се боеше од заклетвата.\n27 Само Јонатан, кој не чу кога неговиот татко го заколна народот, го доближи врвот на стапот, што му беше во раката, и го намака во медените саќи, потоа ја принесе раката кон устата; и веднаш му засветкаа очите.\n28 Тогаш еден од народот проговори и рече: „Твојот татко го заколна народот, велејќи: ‘Проклет да е оној кој ќе вкуси храна денес!’”\n29 А Јонатан одговори: „Мојот татко ја навалува несреќата на земјата. Гледајте, ми засветкаа очите зашто вкусив малку од тој мед.\n30 Што би било допрва ако народот јадеше слободно од пленот што го доби од непријателот? Не ќе ли беше уште поголем филистејскиот пораз?”\n31 Во оној ден ги поразија Филистејците од Михмас сè до Ајалон, а народот беше на крајот на своите сили.\n32 Тогаш народот се нафрли на грабеж, нафаќа ситен добиток, говеда и телиња и почна да ги коле на гола земја и да го јаде месото со крвта.\n33 И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!”\n34 Потоа рече: „Отидете меѓу народот и речете им на сите нека секој го доведе при мене својот вол или овца; тука ќе ги колете и ќе ги јадете, а нема да Му грешите на Господа, јадејќи месо со крвта.” Така сиот народ уште во истата ноќ доведе кој што имаше, и тоа го колеа таму.\n35 А Саул Му подигна жртвеник на Господа; тоа беше прв жртвеник што Му го подигна на Господа.\n36 Тогаш Саул рече: „Да тргнеме уште ноќеска во потера по Филистејците, и да ги пленуваме додека не осамне утрото! Нема да им оставиме ниеден човек!” А народот му одговори: „Прави сè што мислиш дека е добро!” Ама свештеникот рече: „Да Му пристапиме тука на Бога!”\n37 И Саул го праша Бога: „Треба ли да тргнам во потера по Филистејците? Дали ќе ги предадеш во Израелеви раце?” Ама не му одговори во оној ден.\n38 Затоа Саул рече: „Пристапете ваму, сите народни главатари! Испитајте и видете во што беше денешниот престап.\n39 Зашто, живиот ми Господ, Кој му дава победа на Израел, ако се најде вина макар и на мојот син Јонатан, треба да умре!” Ама никој од народот не се осмели да му одговори на Саула.\n40 Саул тогаш му рече на сиот Израел: „Вие застанете на една страна, а јас и мојот син Јонатан ќе застанеме на другата страна.” А народот му одговори на Саула: „Прави го она што мислиш дека е добро!”\n41 Тогаш Саул се помоли: „Господи, Израелев Боже, зошто не му одговори денес на својот слуга? Ако е вината на мене или на мојот син Јонатан, Господи, Израелев Боже, дај Урим; ако е вината на Твојот народ Израел, дај Тумим.” И жрепката падна на Саула и на Јонатана, а народот излезе прав.\n42 Саул продолжи: „Фрлете жрепка за мене и за мојот син Јонатан!” И жрепката падна на Јонатана.\n43 Тогаш Саул му рече на Јонатана: „Признај што си направил!” Јонатан одговори: „Јас само вкусив малку мед со врвот на стапот што ми беше во раката. Еве ме, готов сум да умрам!”\n44 Саул одговори: „Така Господ да ми направи зло и да ми додаде друго ако навистина не умреш Јонатане!”\n45 Ама народот му рече на Саула: „Зар да умре Јонатан, кој ја извојува оваа голема победа во Израел? Тоа не смее да биде! Живиот ни Господ, ниедно влакно од неговата глава нема да падне на земја, зашто тој со Бога го изврши ова дело денес!” Така народот го избави, та Јонатан не загина.\n46 Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците се вратија во својот крај.\n47 Кога Саул ја зацврсти својата царска власт над Израел, се сврте да војува против сите свои непријатели наоколу: против Моав, против Амонците, против Едом, против царот на Сова и против Филистејците; каде и да се завртеше секаде победуваше.\n48 Даде многу докази за својата храброст, ги порази Амаликците и го избави Израел од рацете на оние кои што го ограбуваа.\n49 Саулови синови беа: Јонатан, Исух и Мелхи-Суј, а од неговите две ќерки постарата се викаше Мерава, а помладата Михала.\n50 Сауловата жена се викаше Ахиноама, а беше ќерка Ахимасова. Војводата на неговата војска се викаше Авенир, а му беше син на Нир, Сауловиот чичко.\n51 Зашто Кис, Сауловиот татко, и Нир, Авенировиот татко, беа синови Авилови.\n52 Жестока војна се водеше против Филистејците за време на сиот Саулов век. И кого и да видеше Саул храбар и боевит човек, секого го земаше во своја служба.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_14_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1436, "cyrillic": 1.0}
{"id": "6728", "title": "Прва книга Самоилова/ 20 глава", "text": "1 Давид избега од Најот во Рама и дојде кај Јонатана та му рече: „Што направив? Каква беше мојата вина и што му згрешив на татка ти, та го бара мојот живот?”\n2 А тој му одговори: „Далеку да е од тебе таа мисла! Ти нема да загинеш. Ете, мојот татко не презема ништо, било големо или мало, а тоа да не ми го открие мене. И така, зошто татко ми би го криел од мене токму тоа?”\n3 Но Давид се заколна и рече: „Твојот татко знае добро дека јас ја придобив твојата наклонетост, па мисли: ‘Јонатан не треба ништо да знае за тоа, за да не биде жалостен.’ Ама живиот ми Господ и животот ми твој, има само еден чекор меѓу мене и смртта.”\n4 Тогаш Јонатан го праша Давида: „Што сакаш да направам за тебе?”\n5 А Давид му одговори на Јонатана: „Еве, утре е млада месечина, и јас би требало да јадам со царот покрај столот; ама ти пушти ме да си одам, за да се скријам во полето до вечерта.\n6 Ако твојот татко забележи дека ме нема, ќе му речеш вака: ‘Давид ме молеше упорно за да го пуштам да отиде бргу до својот град Витлеем, зашто таму се слави годишната жртва за сето негово семејство.’\n7 Ако тој рече: ‘Добро!’ твојот слуга е спасен. Ако пламне со гнев, знај дека цврсто намислил да ме погуби.\n8 И така, искажи му милост на својот слуга, кога својот слуга го воведе со себе во Господовиот сојуз. Ама ако има некаква вина на мене, убиј ме самиот; зошто би ме водел кај својот татко?”\n9 А Јонатан му одговори: „Далеку да е од тебе таа мисла! Кога би знаел веродостојно дека мојот татко наумил цврсто за да навали несреќа врз тебе, зар јас не би ти јавил?”\n10 Давид го праша Јонатана: „А кој ќе ми јави ако твојот татко ти одговори нешто лошо?”\n11 Јонатан му одговори на Давида: „Дојди, да излеземе во полето!” И двајцата излегоа во полето.\n12 Тогаш Јонатан му рече на Давида: „Господ Израелевиот Бог, нека ми биде сведок! Јас ќе го искушам татка си, утре во ова време. Ако биде добро за Давида, а јас не испратам кај тебе за да те известам,\n13 Господ нека му го направи тоа зло на Јонатана и нека му додаде друго зло! Ако на татка ми му биде мило да ти направи зло, ќе ти јавам, и ќе те пуштам да си отидеш во мир; и Господ нека биде со тебе, како што беше со мојот татко!\n14 Ако јас уште бидам жив, ќе можеш да ми ја искажеш Господовата милост;\n15 Ако умрам, не крати му ја твојата добрина на мојот дом довека! Кога Господ ќе ги откорне редум Давидовите непријатели од лицето на земјата,\n16 Јонатан се заветува со домот Давидов, дека Господ ќе бара сметка за тоа од рацете на Давидовите непријатели.”\n17 Тогаш Јонатан му се заколна уште еднаш на Давида во својата љубов, зашто го љубеше со сета љубов на својата душа.\n18 Потоа Јонатан му рече на Давида: „Утре е млада месечина и ќе забележи дека те нема, зашто твоето место ќе биде празно.\n19 Задутре ќе види уште поочигледно дека те нема, а ти дојди на местото каде што се скри во денот на оној настан, и седни при каменот Езел.\n20 А јас ќе фрлам три стрели кон онаа страна како да гаѓам цел.\n21 А тогаш ќе го испратам момокот и ќе му речам: ‘Оди! најди ја стрелата!’ Ако тогаш му викнам на момокот ‘Внимавај стрелата е ваму поблизу од тебе, донеси ја!’ - ти тогаш дојди, зашто има мир за тебе и нема никаква опасност, така ми живиот Господ!\n22 Ако му викнам на момокот: ‘Внимавај! стрелата е онаму подалеку од тебе’ - ти тогаш отиди си, зашто Господ те праќа оттука.\n23 А за овој договор, за кој се договоривме јас и ти, Господ нека е сведок меѓу мене и тебе довека!”\n24 Потоа Давид се скри во полето. И кога излезе нов месец царот седна покрај столот за да јаде.\n25 Царот седна на своето вообичаено место, на местото до ѕидот, Јонатан се смести спроти него, Авенир седна покрај Саула, а Давидовото место остана празно.\n26 Ама Саул не рече ништо во оној ден, зашто мислеше: „Му се случило нешто, та не е чист.”\n27 Утреден по младата месечина во вториот ден на месецот, Давидовото место пак остана празно, и Саул го праша својот син Јонатан: „Зошто Јесејовиот син не дојде на ручек ни вчера ни денес?”\n28 А Јонатан му одговори на Саула: „Давид ме молеше упорно да го пуштам да оди во Витлеем.\n29 Ми рече: ‘Пушти ме да одам, зашто ја славиме семејната жртва во мојот град, и моите браќа ме повикаа да дојдам. Ако ја придобив твојата наклоност, дај ми дозвола да ги посетам моите браќа.’ Ете, затоа го нема покрај царскиот стол.”\n30 Тогаш Саул пламна со гнев на Јонатана и му рече: „Ти сине на развратна и бунтовна жена! Мислиш дека не знам дека си во сојуз со Јесејовиот син, за свој срам и за срам на мајка ти!\n31 Зашто додека биде жив на земјата Јесејовиот син, не ќе бидеш безбеден ни ти ни твоето царство. Затоа сега испрати по него и доведи го кај мене, зашто е осуден на смрт.”\n32 А Јонатан му одговори на својот татко Саул и му рече: „Зошто треба тој да умре? Што направи?”\n33 Тогаш Саул замавна со копјето на синот за да го прободе. Јонатан виде дека неговиот татко одлучил да го убие Давида.\n34 Јонатан стана од столот сиот разјарен, и не јадеше ништо во тој втор ден на месецот, зашто се загрижи за Давида, бидејќи неговиот татко го навреди.\n35 Утреден наутро Јонатан излезе во полето според спогодбата со Давида, со него одеше млад момок.\n36 И тој му рече на својот момок: „Ти ќе се затрчаш и ќе ги најдеш стрелите што ќе ги фрлам сега.” И момокот се затрча, а Јонатан ја оптегна стрелата така што прелета преку него.\n37 Кога момокот дојде до местото каде што беше стрелата, што ја фрли Јонатан, Јонатан му викна на момокот: „Не е ли стрелата онаму подалеку од тебе?”\n38 Уште Јонатан му викна на момокот: „Побргу! Побрзај! Не стој!” Јонатановиот момок ја крена стрелата и му ја донесе на својот господар.\n39 Момокот не забележа ништо, само Јонатан и Давид знаеја за што се работи.\n40 Тогаш Јонатан му го предаде оружјето на момокот и му рече: „Оди си и однеси го тоа во градот!”\n41 Кога си отиде момокот, Давид излезе од кон југ, падна ничкум на земјата и се поклони трипати. Потоа се изљубија и плачеа заедно, но Давид плачеше повеќе.\n42 Потоа Јонатан му рече на Давида: „Оди си во мир! За тоа што двајцата се заколнавме во Господовото име, Господ нека биде сведок меѓу мене и тебе, меѓу моето потомство и твоето потомство довека!” Тогаш Давид стана и си отиде, а Јонатан се врати во градот.\n1 Поврзано\n* Стар завет\n* Библија", "subject": ["Стар Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0_%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/_20_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1169, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7177", "title": "Стар Завет (вики-превод)", "text": "1 Текст\n*Прва книга Мојсеева (вики-превод)\n*Втора книга Мојсеева (вики-превод)\n*Трета книга Мојсеева (вики-превод)\n*Четврта книга Мојсеева (вики-превод)\n*Петта книга Мојсеева (вики-превод)\n*Јошуа (вики-превод)\n*Судии (вики-превод)\n*Рут (вики-превод)\n*Прва книга Самоилова (вики-превод)\n*Втора книга Самоилова (вики-превод)\n*Прва книга за царевите (вики-превод)\n*Втора книга за царевите (вики-превод)\n*Прва книга летописи (вики-превод)\n*Втора книга летописи (вики-превод)\n*Езра (вики-превод)\n*Нехемија (вики-превод)\n*Естер (вики-превод)\n*Јов (вики-превод)\n*Псалми (вики-превод)\n*Изреки (вики-превод)\n*Проповедник (вики-превод)\n*Песна над песните (вики-превод)\n*Исаија (вики-превод)\n*Еремија (вики-превод)\n*Плачот на Еремија (вики-превод)\n*Езекиел (вики-превод)\n*Даниел (вики-превод)\n*Хошеа (вики-превод)\n*Јоел (вики-превод)\n*Амос (вики-превод)\n*Овадија (вики-превод)\n*Јона (вики-превод)\n*Миха (вики-превод)\n*Наум (вики-превод)\n*Хавакук (вики-превод)\n*Сефанија (вики-превод)\n*Хагај (вики-превод)\n*Захарија (вики-превод)\n*Малахија (вики-превод)\n2 Поврзано\n* Стар Завет (вики-превод)\n* Нов Завет (вики-превод)\n* Библија (вики-превод)", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80_%D0%97%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%82_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 160, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7241", "title": "Нов Завет (вики-превод)", "text": "Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната представена личност е Исус Христос. Новиот завет претставува втор дел на Библијата (по Стариот завет) и содржа 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. (Повеќе...)\n1 Текст\n*Евангелието според Матеј (вики-превод)\n*Евангелието според Марко (вики-превод)\n*Евангелието според Лука (вики-превод)\n*Евангелието според Јован (вики-превод)\n*Дела на апостолите (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Рим (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Галатија (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Ефес (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Филипи (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Колос (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до Тит (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до Филемон (вики-превод)\n*Писмо до Евреите (вики-превод)\n*Писмо од апостол Јаков (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Петар (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Петар (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Јован (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Јован (вики-превод)\n*Трето писмо од апостол Јован (вики-превод)\n*Писмо од апостол Јуда (вики-превод)\n*Откровение (вики-превод)\n2 Поврзано\n* Стар Завет (вики-превод)\n* Библија (вики-превод)", "subject": ["Нов Завет"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%BE%D0%B2_%D0%97%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%82_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 264, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7190", "title": "Наум (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Пророштво за Нинева, книга за видението на Наум од Елкоши.\n1 Гневот ГОСПОДОВ против Нинева\n<sup>2</sup>ГОСПОД е Бог љубоморен и се одмаздува. Одмазда врши ГОСПОД, исполнет со гнев. Одмазда врши ГОСПОД врз противниците Свои, гневот Негов се истура против непријателите Негови.\n<sup>3</sup>ГОСПОД е спор на гнев и голем во Својата сила. Не, нема да го остави виновникот неказнет. ГОСПОД е во виорот и во бурата е патот Негов, а облаците се прав од Неговите стапки.\n<sup>4</sup>Го прекорува морето и го исушува. Ги исушува сите реки. Овенати се Башан и Кармел, свена бујноста на Либан.\n<sup>5</sup>Планините се тресат пред Него, ридовите се топат, земјата трепери пред лицето Негово. Трепери светот и сѐ живо по него.\n<sup>6</sup>Пред Неговата огорченост кој може да истрае? Кој може да ја издржи пламената лутина Негова? Гневот Негов се истура како оган и карпите се дробат пред Него.\n<sup>7</sup>Добар е ГОСПОД. Прибежиште е Тој во ден тегобен. Се грижи за оние кои во Него веруваат.\n<sup>8</sup>Но со потоп голем крај ќе стави на местото нејзино, непријателите Негови ќе ги прати во мрак.\n<sup>9</sup>Што и да спремате против ГОСПОД, Тој крај ќе му стави! Неволјата втор пат нема да дојде!\n<sup>10</sup>Ете, оние кои меѓу трње се заплеткани и од вино се опиени, како суво стрниште до крај ќе бидат проголтани!\n<sup>11</sup>Од „реф> Нинева.тебе излезе оној кој спремаше зло против ГОСПОД, кој советуваше злоба.\n<sup>12</sup>Вака вели ГОСПОД: „Иако се здружени и толку многубројни, ќе бидат покосени и ќе изгинат. Иако те натажив, нема да те натажувам веќе.\n<sup>13</sup>А сега ќе го скршам јаремот нејзин што е врз тебе, прангите твои ќе ги скинам.“\n<sup>14</sup>Па заповеда ГОСПОД за тебе: „Ќе нема веќе кој да го наследи името твое во храмот на твоите богови. Ќе ги уништам резбаните и леаните богови! Гробот твој ќе го приготвам, оти си зла.“\n<sup>15</sup>Погледај, на планините се стапките на Оној Кој носи добри вести, Оној Кој прогласува мир. Слави ги Јуда празниците твои, исполни го она за што си дал завет! Ете, нема повторно да навлезе во тебе зол. Сите тие ќе бидат уништени.\n= Глава 2 =\n2 Падот на Нинева\n<sup>1</sup>Напаѓач напредува против тебе. Чувај ја тврдината, наблјудувај го патот, препашај ги половините, подготви ја целата своја сила!\n<sup>2</sup>Ете, ќе го обнови ГОСПОД раскошот на Јаков и на Израел, иако уништувачите ги поразија и лозјата нивни ги уништија.\n<sup>3</sup>Штитовите на неговите борци се црвени. Војниците се облечени во алово. Блеска металот на колите на денот кога се подготвени. Боровите копја заканувачки штрчат.\n<sup>4</sup>Бојните коли татнат по улиците. Јурат натаму наваму по плоштадите. Личат на пламени факли. Како молњи светкаат наоколу.\n<sup>5</sup>Ги повикува одбраните одреди - тие потклекнуваат на нивниот пат. Нагрнуваат на градскиот ѕид. Поставен е штитот.\n<sup>6</sup>Речните врати се ширум отворени, а +дворецот се руши.\n<sup>7</sup>Наредбата падна и исселена е, одведени се жителите. Робинките нејзини лелекаат како гулабици и се бијат во гради.\n<sup>8</sup>Нинева е како локва со вода, а водите нејзини истекуваат. „Застанете! Застанете!“ Но никој не се свртува!\n<sup>9</sup>Грабајте сребро, грабајте злато! На залихата во ризницата крај ѝ нема, богатство од сите видови.\n<sup>10</sup>Ограбена, опљачкана и соголена! Срцето замира, потклекнуваат колената, треперат телата, бледнеат сите лица.\n<sup>11</sup>Каде е дувлото лавовско? Хранилиште беше за лавчињата! Таму влегуваа и лавот и лавицата, таму лавчињата беа сосема безбедни.\n<sup>12</sup>Лавот убиваше доволно за своите млади, давеше за лавиците свои. Ги полнеше своите дувла со жртви и леглата со плен.\n<sup>13</sup><Гледај, Јас сум против тебе!“ - вели ГОСПОД Семоќен! - „Ќе ги изгорам, во дим ќе ги претворам колите твои! Твоите млади лавови меч ќе ги проголта! Ќе го збришам од земјата твојот плен и нема повеќе да се чуе гласот на твојот гласник!“\n= Глава 3 =\n3 Тешко на Нинева\n<sup>1</sup>Тешко на градот крволочен! Полн е со лага, со грабеж е полн, никогаш не е без жртва.\n<sup>2</sup>Прасок на камшик и тропот на тркало. Трчаат коњи, трескаат коли.\n<sup>3</sup>Коњаниците напаѓаат! Блесок на меч и сјај на копје. Многу ранети, купишта мртви, на телата број им нема, се сопнуваат преку нивните трупови.\n<sup>4</sup>Сето ова е заради сите страсти на блудницата, успешна во заведувањето, љубовница на маѓесници, поробителка на многу народи преку блудствувањата нејзини, поробителка на многу племиња преку магиите нејзини.\n<sup>5</sup><Ете, Јас сум против Тебе,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и ќе ти ги кренам скутите твои преку лице, па ќе им ја покажам на народите голотијата твоја, и на царствата срамот твој.\n<sup>6</sup>Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те презрам и ќе направам од тебе ругло.\n<sup>7</sup>Сите што ќе те видат, ќе бегаат од тебе и ќе велат: >Нинева е во урнатини. Кој ќе жали за неа!?' Каде да ти најдам утешители?“\n<sup>8</sup>Подобра ли си ти од Но Амон, кој беше поставен меѓу водите нилски, околу кого реката беше одбрана, водите - ѕид негов.\n<sup>9</sup>Куш и Египет беа силата негова безгранична, Пут и Либија беа меѓу сојузниците негови.\n<sup>10</sup>Па сепак отиде во заробеништво и во прогонство. Децата негови лежеа искасапени по крстопатите, за благородниците негови жрепка фрлаа и сите големци негови беа оковани во ланци.\n<sup>11</sup>Така и ти ќе се опиеш, ќе се криеш, ќе бараш засолниште од непријателот.\n<sup>12</sup>Сите тврдини твои се како смоквини дрвја со првите зрели плодови. Кога ќе ги затресат - паѓаат во устата на оној што сака да ги јаде.\n<sup>13</sup>Погледни ги војниците твои - жени среде тебе! Ширум отворени се портите на твојата земја за непријателите твои. Оган ги проголта лостовите твои.\n<sup>14</sup>Нацрпи вода за опсада! Зајакни си ги тврдините! Меси глина, прави тули, поправи ја фурната за тули!\n<sup>15</sup>Таму оган ќе те проглта, меч ќе те сосече, ќе те изеде како скакулец. Намножи се како скакулците, наплоди се како скачките!\n<sup>16</sup>Се зголеми бројот на трговците твои повеќе од ѕвездите на небото. Како скакулци - соголуваат и одлетуваат.\n<sup>17</sup>Стражарите твои се како скакулците - службениците твои како рој од скакулци. Се населуваат во ѕидините во ден студен. Штом сонцето се појави тие одлетуваат и не се познава каде било местото нивно.\n<sup>18</sup>Дремат пастирите твои царе Асирски, одмараат благородниците твои. Народот твој е распрснат по планините и нема кој да ги собере.\n<sup>19</sup>Нема лек за раната твоја, смртоносна е твојата повреда. Сите што ќе чујат вести за тебе, плескаат раце, оти до кого сѐ не допре твојата бескрајна суровост.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%83%D0%BC_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 931, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7251", "title": "Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, Силван и Тимотеј, до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог, нашиот Татко, и на Господ Исус Христос.\n<sup>2</sup>Ви посакуваме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n2 Примерната вера на солунските христијани\n<sup>3</sup>Како што прилега, чувствуваме обврска да Му благодариме на Бог за вас, драги пријатели христијани, затоа што вашата вера и вашата љубов, еден спрема друг и спрема сите луѓе, постојано расте.\n<sup>4</sup>Се гордееме со вас пред сите Божји цркви. Им кажуваме колку сте непоколебливи, како вашата вера опстојува и покрај сите прогони и маки низ кои минувате.\n<sup>5</sup>Тоа покажува дека Бог правилно ве проценил и дека навистина сте достојни да го наследите Божјото царство, за кое и страдате.\n<sup>6</sup>Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат,\n<sup>7</sup>а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели,\n<sup>8</sup>со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Бог и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус.\n<sup>9</sup>Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила.\n<sup>10</sup>Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.\n<sup>11</sup>Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив. Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите.\n<sup>12</sup>Така, заради тоа што нашиот Бог и Господ Исус Христос беше толку благонаклонет спрема вас, вие ќе му донесете слава на името на нашиот Господ Исус, а и Тој вам ќе ви донесе слава.\n= Глава 2 =\n3 Настани што ќе му претходат на второто доаѓање на Господ\n<sup>1</sup>Нашиот Господ Исус Христос ќе се врати и ќе нѐ прибере кај Себе. Затоа ве молам, драги пријатели христијани,\n<sup>2</sup>не дозволувајте лесно да ве поколебаат, ниту да ве вознемират луѓето што тврдат дека Господ веќе се вратил. Тие можеби ќе тврдат дека тоа го дознале преку духовна објава, дека слушнале од некој друг, или дека тоа го прочитале во некое од нашите писма.\n<sup>3</sup>Не дозволувајте да ве измамат! Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да се побунат против Бог и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето.\n<sup>4</sup>Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на сѐ што е Божјо и свето. Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог.\n<sup>5</sup>Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас?\n<sup>6</sup>Вие знаете што е тоа што го спречува Злиот да се појави, сѐ додека не дојде времето тој да настапи во јавноста.\n<sup>7</sup>Неговата зла сила веќе подмолно дејствува, но има Еден што го задржува и така ќе биде сѐ додека Тој не му се тргне од патот.\n<sup>8</sup>Тогаш Човекот на гревот ќе се појави, а Господ Исус со Својот здив ќе го убие, ќе го уништи при Своето повторно доаѓање.\n<sup>9</sup>Тој зол човек ќе дојде за да ги изврши делата на сатаната: со сета своја сила ќе покаже лажни чудотворни знаци.\n<sup>10</sup>Со своите зли дела ќе успее да ги измами оние што одат по патот кој ќе ги одведе во пропаст, зашто одбија да ја засакаат вистината и така да се спасат.\n<sup>11</sup>Затоа Бог им испраќа една толку уверлива измама, што ќе поверуваат во сите тие лаги.\n<sup>12</sup>Тогаш сите тие ќе бидат казнети, бидејќи, наместо да поверуваат во вистината, тие уживаа да прават зло.\n4 Верните треба да останат непоколебливи\n<sup>13</sup>Чувствуваме обврска постојано да Му бидеме благодарни на Бог за вас, драги пријатели христијани, вас што Господ ве засака. Тој ве одбра да се спасите меѓу првите, така што Светиот Дух ве посвети, а вие поверувавте во вистината.\n<sup>14</sup>Преку нашето проповедање на Радосната вест Бог ве повика да се спасите. Сега можете и вие да се придружите кон славата на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>15</sup>Затоа, драги пријатели христијани, бидете непоколебливи и држете се цврсто до она што ве учевме лично и преку нашите писма.\n<sup>16</sup>А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој нѐ сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас,\n<sup>17</sup>нека ви ги насрчат срцата и нека ви дадат сила постојано да го зборувате и да го правите она што е добро.\n= Глава 3 =\n5 Павле бара да се молат за нив\n<sup>1</sup>Понатаму, драги пријатели, молете се за нас. Молете се најнапред учењето за Господ да се шири, па и другите да го почитуваат она што го почитувате вие.\n<sup>2</sup>Молете се да не паднеме во рацете на лоши и злобни луѓе, зашто не сите луѓе веруваат во Господ.\n<sup>3</sup>Но, во Господ можете да имате доверба. Тој ќе ви даде сила и ќе ве чува од злиот.\n<sup>4</sup>Господ ни дава увереност дека она што ви го наложивме го правите и ќе продолжите да го правите.\n<sup>5</sup>Се молам Господ да ви ги насочува срцата кон исполнување со љубов, онака како што Бог е полн со љубов и кон трпеливост, онака како што Христос е трпелив.\n6 Бидете вредни, а не мрзливи\n<sup>6</sup>Сега, драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос, ви наложувам да не им се придружувате на оние меѓу вас, кои само денгубат, ништо не работат и не се придржуваат до она што ве учевме.\n<sup>7</sup>Вие сигурно знаете дека треба да го следите нашиот пример. Додека бевме со вас, ние не седевме со скрстени раце.\n<sup>8</sup>Лебот што го јадевме не беше подарок од вас, туку деноноќно напорно работевме, за да не му бидеме никому на товар.\n<sup>9</sup>Не дека ние не можевме да бараме храна од вас, туку сакавме вам да ви дадеме пример.\n<sup>10</sup>Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!\n<sup>11</sup>Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа.\n<sup>12</sup>Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат.\n<sup>13</sup>А вам, драги пријатели што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.\n<sup>14</sup>Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо. Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат.\n<sup>15</sup>Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги, како членови на вашето духовно семејство.\n7 Благослови и поздрави\n<sup>16</sup>Господ нека биде со вас и нека ви дава мир, зашто Самиот Тој е извор на мирот.\n<sup>17</sup>Како и во сите мои писма, ве поздравувам со своерачен потпис: Павле.\n<sup>18</sup>Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет на сите.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1160, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7255", "title": "Писмо од апостол Павле до Филемон (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Од Павле, кој е в затвор затоа што проповеда за Исус Христос\nи од братот по вера Тимотеј,\nдо нашиот соработник, до нашиот сакан Филимон,\n<sup>2</sup>до сестра Апија, до нашиот соборец Архипус и до црквата што се собира во твојот дом.\n<sup>3</sup>Ви посакувам Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n1 Љубовта и верата на Филимон\n<sup>4</sup>Филимоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе.\n<sup>5</sup>Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни.\n<sup>6</sup>Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви сѐ благослови Христос ни даде.\n<sup>7</sup>Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.\n2 Молба за Онисим\n<sup>8</sup>Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш,\n<sup>9</sup>но јас, попрво би те замолил да го сториш тоа од љубов. Затоа јас, старецот Павле, затвореник затоа што проповедам за Исус Христос,\n<sup>10</sup>те молам да му помогнеш на Онесим. Тој ми е како син, бидејќи тука во затворот го доведов кај Христос.\n<sup>11</sup>Порано тој беше бескорисен за тебе, но сега е многу корисен и за тебе и за мене.\n<sup>12</sup>Сега го испраќам кај тебе. За срце ми прирасна\n<sup>13</sup>и би сакал да го задржам кај себе, за во твое име да ми помага сега, кога сум во окови затоа што ја проповедам Радосната вест,\n<sup>14</sup>но не сакав ништо да сторам без твоја согласност. Сакав да го сториш тоа од љубов, а не затоа што јас сум те принудил.\n<sup>15</sup>Можеби токму заради тоа тој за кратко беше одвоен од тебе, за потоа засекогаш да ти се врати,\n<sup>16</sup>но не веќе како роб, туку како нешто многу повеќе, како драг брат. Мене ми е драг пријател, а тебе сигурно ќе ти биде уште подраг и како личност и како човек што верува во Господ.\n<sup>17</sup>Ако ме сметаш за пријател, прифати го како што би ме прифатил мене.\n<sup>18</sup>Ако ти направил некаква штета, или ако нешто ти должи, стави го тоа на моја сметка.\n<sup>19</sup>Јас Павле, со своја рака ти пишувам: „Јас ќе ти се оддолжам.“ Нема сега да спомнувам дека и самиот ти си мој должник.\n<sup>20</sup>Брате мој, направи ми ја таа услуга заради Господ, зарадувај ме заради Христос.\n<sup>21</sup>Сигурен сум дека ќе сториш сѐ што побарав од тебе, дури и повеќе.\n<sup>22</sup>Приготви за мене соба, зашто се надевам дека твоите молитви ќе бидат услишени и набргу ќе можам повторно да те посетам.\n3 Завршни поздрави\n<sup>23</sup>Те поздравува Епафрас. И тој е со мене в затвор, затоа што проповеда за Исус Христос.\n<sup>24</sup>Те поздравуваат моите соработници Марко, Аристарх, Димас и Лука.\n<sup>25</sup>Господ Исус Христос нека ти биде благонаклонет и духовно нека биде со тебе.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 462, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7169", "title": "Рут (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Наоми и Рут.\n<sup>1</sup>Беше тоа во деновите кога владееја судиите. Глад завладеа во земјата и еден човек се пресели од Витлеем Јудејски во Моавските области за да живее таму; тој, неговата жена и неговите два сина.\n<sup>2</sup>Името на човекот му беше Елимелех, а на жена му Наоми. Имињата на неговите два сина беа Махлон и Килион. Тие беа Ефратјани од Витлеем Јудејски и заминаа во Моавските области, па таму живееја.\n<sup>3</sup>Но умре Елимелех, мажот на Наоми и таа остана со своите два сина.\n<sup>4</sup>Тие се оженија со Моавки. Името на едната ѝ беше Орпа, а на другата Рут. Живееја таму околу десет години.\n<sup>5</sup>Тогаш умреа Махлон и Килион, па остана жената и без двата сина и без својот маж.\n<sup>6</sup>Кога слушна дека ГОСПОД му помогнал на својот народ и обезбедил храна за него, се приготви таа, заедно со нејзините снаи, си замина од Моавските области и се врати дома.\n<sup>7</sup>Го напушти местото каде што живееше и заедно со своите две снаи тргна по патот кој водеше кон Јудејската земја.\n<sup>8</sup>Тогаш Наоми им рече на своите две снаи: „Одете, вратете се назад во домовите на вашите мајки! Можеби ГОСПОД ќе покаже милост кон вас, исто како што вие покажавте кон починатите и кон мене.\n<sup>9</sup>Може ГОСПОД ќе ве награди и секоја од вас ќе најде спокојство во домот на својот маж.“, па ги бакна.\nНо тие викнаа да плачат\n<sup>10</sup>и ѝ рекоа: „Ќе се вратиме со тебе кај твојот народ.“\n<sup>11</sup>Наоми им рече: „Вратете се ќерки мои! Зошто да доаѓате со мене? Има ли во мене уште синови кои би можеле да ви станат мажи?\n<sup>12</sup>Вратете се ќерки мои, одете! Јас сум премногу стара за да се мажам. Дури и да мислев дека има за мене надеж, уште оваа вечер да поминев со маж и да родев синови,\n<sup>13</sup>зарем би ги чекале да пораснат? Зарем би останале немажени заради нив? Не ќерки мои, мојата горчина е поголема од вашата, зашто против мене се протегна раката ГОСПОДОВА.“\n<sup>14</sup>Викнаа тие одново да плачат и тогаш Орпа ја бакна свекрва си, но Рут се припи кон неа.\n<sup>15</sup>„Гледај!“ - рече Наоми - „Твојата јатрва се враќа кај својот народ и кај своите богови. Врати се и ти со твојата јатрва!“\n<sup>16</sup>Но Рут одговори: „Не терај ме да те напуштам, да ти свртам грб! Каде ти ќе одиш, таму ќе одам и јас. Каде ти ќе застанеш, таму ќе застанам и јас. Твојот народ е и мој народ, твојот Бог е и мој Бог.\n<sup>17</sup>Каде ти ќе умреш, таму ќе умрам и јас и таму ќе бидам погребана. Така ГОСПОД нека направи со мене, жесток нека биде, ако било што, освен смртта, нѐ раздели.\n<sup>18</sup>Кога сфати Наоми дека Рут решила да оди со неа, престана да ја тера.\n<sup>19</sup>И така тие двете одеа, сѐ додека не дојдоа во Витлеем. А кога стигнаа во Витлеем, се дигна на нозе целиот град заради нив и прашуваа: „Оваа Наоми ли е?“\n<sup>20</sup>А таа им рече: „Не викајте ме Наоми, викајте ме Мара, зашто Семоќниот горчина голема ми донесе.\n<sup>21</sup>Полна излегов, а ГОСПОД празна ме врати. Зошто да ме викате Наоми? ГОСПОД ме порази! Семоќниот несреќа врз мене донесе.“\n<sup>22</sup>Така се вратија Наоми и нејзината снаа Моавката Рут со неа, се вратија од Моавските области и пристигнаа во Витлеем во времето кога започнуваше жетвата на јачменот.\n= Глава 2 =\n2 Рут го среќава Боаз.\n<sup>1</sup>А Наоми имаше еден роднина по мажот, многу прочуен човек од родот на Елимелех. Името му беше Боаз.\n<sup>2</sup>Моавката Рут ѝ рече на Наоми: „Пушти ме да одам во полето и да собирам меѓу снопјето зад оние во чии очи ќе најдам наклоност.“, а таа ѝ рече: „Оди ќерко!“\n<sup>3</sup>Па ја остави и отиде да собира во полето зад жетварите. Така се случи да се погоди на делот од полето што му припаѓаше на Боаз, кој беше од родот на Елимелех.\n<sup>4</sup>Токму тогаш Боаз пристигна од Витлеем и ги поздрави жетварите: „ГОСПОД со вас!“, а тие му одговорија: „ГОСПОД да те благослови!“\n<sup>5</sup>Боаз го праша слугата, оној што ги водеше жетварите: „Чија е онаа жена?“\n<sup>6</sup>А слугата, оној што ги водеше жетварите, му одговори и рече: „Таа млада жена е Моавката која се врати заедно со Наоми од Моавските области.\n<sup>7</sup>Ми рече: >,Пушти ме да собирам, да го прибирам она што ќе остане меѓу снопјето зад жетварите.’, и ете ја, работи од утро, па сѐ до сега, само малку што си почина под сенка.“\n<sup>8</sup>Тогаш Боаз ѝ рече на Рут: „Слушај ќерко, да не одиш да прибираш на друга нива и да не си одиш одовде! Тука остани со моите слугинки.\n<sup>9</sup>Гледај каде ќе жнеат и оди по нив, а јас им реков на мажите да не те задеваат. Кога ќе ожеднеш, оди кај стомните и напиј се од она што го налеале мажите.\n<sup>10</sup>Тогаш таа падна на колена, се поклони до земја и извика кон него: „Со што сум нашла наклоност во твоите очи, и си ме забележал, иако сум туѓинка?“\n<sup>11</sup>А Боаз ѝ одговори, и ѝ рече: „Многу ми имаат кажувано за сѐ што си направила за твојата свекрва, по смртта на нејзиниот маж. Дека си го напуштила татко ти и мајка ти и својата родна земја и си дошла кај народ кој до вчера не си го ни познавала.\n<sup>12</sup>ГОСПОД нека ти плати за твоите дела, богата нека биде твојата награда од ГОСПОД, Бог на Израел, под чии крилја си дошла да бараш прибежиште.“\n<sup>13</sup>Таа рече: „Можам ли да најдам наклоност во твоите очи, господару мој, зашто ти ме утеши и му проговори на срцето на твојата слугинка, иако јас не сум ни колку твоите слугинки?“\n<sup>14</sup>А Боаз ѝ рече: „Кога ќе дојде време за ручек, дојди и јади од лебот, макај во оцетот.“ А кога седна до жетварите, ѝ понуди пржено жито. И таа јадеше, се најаде, и дури ѝ остана.\n<sup>15</sup>Кога стана да собира, Боаз им нареди на мажите: „Дури и ако собира меѓу сноповите, да не ја вознемирувате,\n<sup>16</sup>туку фрлајте ѝ од она што ви е во рацете, оставајте за таа да може да собира и немојте да ја прекорувате!“\n<sup>17</sup>Така таа собираше во полето сѐ до вечерта. Тогаш го оврши она што го собра и имаше околу една ефа јачмен.\n<sup>18</sup>Го зеде и го однесе во градот. Виде свекрва ѝ што беше собрала, а Рут ѝ носеше, и ѝ даде од она што ѝ беше останало од храната.\n<sup>19</sup>Тогаш свекрва ѝ ја праша: „Каде собираше денеска? Каде работеше? Благословен нека биде оној што те забележал?“, а Рут ѝ раскажа на свекрва си со кого работеше и рече: „Името на оној со кого работев денеска му е Боаз.“\n<sup>20</sup>Наоми ѝ рече на снаа си: „Благословен да е од ГОСПОД оној чија милост не престанува ниту кон живите, ниту кон мртвите.“, па ѝ рече: „Тој човек ни е близок роднина и наш спасител.“\n<sup>21</sup>Моавката Рут тогаш рече: „Тој човек дури ми рече да останам со неговите работници, сѐ додека не ја завршат целата негова жетва.“\n<sup>22</sup>Наоми ѝ рече на својата снаа Рут: „Добро е ќерко што ќе одиш со неговите девојки, за да не те повредат на некоја друга нива.“\n<sup>23</sup>Така таа остана близу до слугинките на Боаз и собираше сѐ додека не заврши жетвата на јачменот и жетвата на пченицата, и живееше со својата свекрва.\n= Глава 3 =\n3 Рут и Боаз на гумното.\n<sup>1</sup>Еден ден Наоми, свекрвата нејзина, ѝ рече: „Ќерко, зарем ти не треба да бараш за себе спокојство, место каде што ќе ти биде добро?\n<sup>2</sup>А Боаз, оној со чии слугинки си сега, зарем не е наш роднина? Ете, вечерва тој ќе го вее јачменот на гумното.\n<sup>3</sup>А ти, измиј се, намирисај се и облечи се, па симни се на гумното. Немој да му се покажуваш сѐ додека не заврши со јадењето и пиењето.\n<sup>4</sup>Кога ќе легне, забележи на кое место лежи, па оди, откриј му ги стапалата и легни. Тогаш тој ќе ти каже што треба да правиш.“\n<sup>5</sup>Рут ѝ одговори: „Како што ми кажа, сѐ така ќе направам.“\n<sup>6</sup>Се симна на гумното, па направи како што ѝ кажа свекрва ѝ.\n<sup>7</sup>Кога Боаз се најаде и се напи, и добро се орасположи, легна на самиот крај од купот жито. Рут тивко му се приближи, му ги откри стапалата и легна.\n<sup>8</sup>Беше некаде околу полноќ кога човекот се стресе и се сврте, и види - жена лежи до неговите стапала.\n<sup>9</sup>Тогаш ја запраша: „Која си ти?“, а таа му одговори: „Јас сум Рут, слугинката твоја. Спростри го аголот од својата наметка врз својата слугинка, зашто ти си ми избавител.“\n<sup>10</sup>А тој одговори: „Благословена да си од ГОСПОД ќерко, зашто покажа милост, и оваа сега е поголема од поранешната. Не тргна по млади мажи, било сиромашни или богати.\n<sup>11</sup>А сега ќерко не плаши се! Сѐ што ќе побараш од мене, јас ќе сторам, зашто сите луѓе во градот знаат дека си ти благородна жена.\n<sup>12</sup>Но, иако е вистина дека јас сум ти роднина избавител, има и друг избавител, поблизок од мене.\n<sup>13</sup>Остани овде ноќеска, а утре, ако тој сака да те избави, нека те избави, но ако не сака, јас ќе те избавам, жив е ГОСПОД. Преспиј овде до утре.“\n<sup>14</sup>И така таа легна до неговите стапала сѐ до утрото, но стана пред да може да ја препознае човекот што лежеше до нив, зашто Боаз ѝ рече: „Не смее да се знае дека жена доаѓала на гумното.“\n<sup>15</sup>Па ѝ рече: „Дај ја наметката што е врз тебе и држи ја!“, па истури шест мери јачмен и ѝ помогна да го крене. Потоа тој се врати во градот.\n<sup>16</sup>Кога дојде кај свекрва ѝ, таа ја праша: „Што стана ќерко?“, а Рут ѝ раскажа за сѐ што стори човекот за неа.\n<sup>17</sup>Уште ѝ рече: „Овие шест мери јачмен тој ми ги даде, за, како што рече: ,Да не се враќаш со празни раце кај свекрва ти.’“\n<sup>18</sup>Тогаш Наоми ѝ рече: „Чекај ќерко да видиме како ќе се завши оваа работа, зашто тој човек нема да застане сѐ додека ова не се разреши уште денеска.“\n= Глава 4 =\n4 Боаз ја зема Рут за жена.\n<sup>1</sup>Се искачи Боаз до градската порта и седна. Кога избавителот за кого Боаз зборуваше дојде, Боаз му рече: „Дојди, седи овде пријателе!“, а тој дојде и седна.\n<sup>2</sup>Викна десетмина старешини од градот и им рече: „Седете овде!“, и тие дојдоа и седнаа.\n<sup>3</sup>Тогаш му рече на избавителот: „Наоми, онаа што се врати од Моавските области, го продава делот од земјата што му припаѓа на нашиот брат Елимелех.\n<sup>4</sup>Јас си реков, да ти кажам, да ти предолжам пред сите овде присутни и пред овие старешини од мојот народ - купи го! Ако сакаш да ги избавуваш, избави ги! Но ако не сакаш, кажи ми за јас да знам, зашто нема кој друг освен ти и јас после тебе.“ И тој рече: „Ќе ги избавам!“\n<sup>5</sup>Тогаш Боаз му рече: „Оној ден кога ќе ја купиш земјата од Наоми и од Моавката Рут, вдовицата на починатиот треба да ја прибереш, за да се сочува името на починатиот, заедно со неговиот имот.“\n<sup>6</sup>Тогаш избавителот рече: „Јас не можам да ја избавам, зашто така може да го доведам во опасност сопствениот имот. Ти избави ја, наместо мене, зашто јас нема да можам.“\n<sup>7</sup>Е сега, во Израел, во старо време, кога се избавувало, или се купувало и продавало, за да се заклучи работата, човек ја собувал сандалата и му ја давал на другиот човек. Така се заклучувале работите во Израел.\n<sup>8</sup>Па му кажа избавителот на Боаз: „Ти купи ја!“, и ја собу сандалата.\n<sup>9</sup>Тогаш Боаз објави пред старешините и пред сите луѓе кои тој ден беа присутни за да сведочат: „Јас од Наоми купувам сѐ што му припаѓа на Елимелех и сѐ што им припаѓа на Килион и Махлон.\n<sup>10</sup>А Моавката Рут, вдовицата на Махлон ќе ја приберам кај себе како жена, за да се сочува името на починатиот, заедно со неговиот имот и да не исчезне името на починатиот меѓу неговите браќа и во градот. Денеска вие сте ми сведоци.“\n<sup>11</sup>Тогаш сите луѓе кои стоеја пред портата и старешините рекоа: „Ние сме ти сведоци. Нека ГОСПОД ја направи жената што доаѓа во твојот дом како Рахел и Леа, двете жени кои го подигнаа домот на Израел. Нека се здобиеш со високо место во Ефрат и нека се прочуе името твое во Витлеем.\n<sup>12</sup>Со потомството што ќе ти го даде ГОСПОД преку таа млада жена, нека стане твоето семејство како семејството на Перес, кого Тамар му го роди на Јуда.“\n5 Родословот на Давид.\n<sup>13</sup>Така Боаз ја зеде Рут и му стана жена, па влезе кај неа. Даде ГОСПОД таа да зачне и роди син.\n<sup>14</sup>Тогаш жените ѝ рекоа на Наоми: „Нека се слави ГОСПОД, Кој денеска не дозволи ти да останеш без избавител. Нека се прочуе името Негово низ Израел.\n<sup>15</sup>Тој ќе ти го обнови животот и ќе те гледа на стари денови, зашто твојата снаа што го роди и која те сака, ти вреди повеќе од седум синови.“\n<sup>16</sup>Тогаш го зеде Наоми детето, си го стави во скутот и се грижеше за него.\n<sup>17</sup>Жените што живееја таму си рекоа: „На Наоми ѝ се роди син.“ и му дадоа име Овед. Тој е татко на Јишај, а тој татко на Давид.\n<sup>18</sup>Значи оваа е семејната лоза на Перес:\n:Перес му е татко на Хесрон,\n:<sup>19</sup>Хесрон му е татко на Рам,\n:Рам му е татко на Аминадав,\n:<sup>20</sup>Аминадав му е татко на Нахшон,\n:Нахшон му е татко на Салма,\n:<sup>21</sup>Салмон му е татко на Боаз,\n:Боаз му е татко на Овед,\n:<sup>22</sup>Овед му е татко на Јишај\n:и Јишај му е татко на Давид.", "subject": ["Стар Завет (вики превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D1%83%D1%82_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2230, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7250", "title": "Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)", "text": "Библија\n= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, Силван и Тимотеј\nдо членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото, и на Господ Исус Христос.\nБог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.\n2 Примерната вера на солунските христијани\n<sup>2</sup>Постојано Му заблагодаруваме на Бог за сите вас и секогаш ве спомнуваме во нашите молитви.\n<sup>3</sup>Си спомнуваме пред Бог, нашиот Татко, како се покажа вашата вера на дело, како работите со љубов и колку трпеливо се надевате на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>4</sup>Знаеме, драги пријатели, дека Бог вас ве сака и дека ве одбра да бидете Негов народ,\n<sup>5</sup>затоа што Радосната вест не ви ја проповедавме само преку зборови, туку бевте сведоци на огромна сила: Светиот Дух наполно ве увери дека тоа што ви го говоревме е вистина. Вие знаете како ние живеевме додека бевме кај вас. Тоа беше дополнителен доказ дека нашата порака е искрена.\n<sup>6</sup>Вие сега се однесувате онака како што се однесуваме ние и како што се однесува Господ, па, иако многу настрадавте, со радост ја прифативте пораката што доаѓа од Светиот Дух.\n<sup>7</sup>Така им станавте пример на сите христијани во Македонија и Ахаја.\n<sup>8</sup>Не само што од вас почна да се шири пораката Господова во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера насекаде се раскажува! Нема никаква потреба ние за тоа да зборуваме.\n<sup>9</sup>Самите луѓе раскажуваат за вас, како сте ги пречекале, како сте се обратиле кон Бог и сте престанале да им служите на идолите, за да Му служите на вистинскиот, на живиот Бог;\n<sup>10</sup>и како го чекате Неговиот Син Исус да дојде од небото. Него Бог Го воскресна од мртвите и Тој нѐ избави од Божјиот гнев што ќе дојде.\n= Глава 2 =\n3 Мисијата на Павле во Солун\n<sup>1</sup>Вие, драги мои, знаете дека нашето доаѓање кај вас не беше загубено време.\n<sup>2</sup>Знаете како настрадавме и како нѐ навредуваа во градот Филипи, пред да дојдеме кај вас. Сепак, Бог ни даде храброст, наспроти силното противење, и вам да ви ја пренесеме Неговата Радосна вест.\n<sup>3</sup>Тоа што ви го проповедавме не произлегува од заблуда, ниту пак е со нечисти мотиви, или со измами.\n<sup>4</sup>Зборуваме онака како што Бог бара од нас, зашто Тој нѐ провери и утврди дека може да ни го довери проповедањето на Радосната вест. Затоа ние зборуваме, не со намера да им угодуваме на луѓето, туку да Му угодиме на Бог, на Оној што ги проверува мотивите на нашите срца.\n<sup>5</sup>Добро знаете дека ние не се обидовме да ве придобиеме со подмилкување. Бог ни е сведок дека не дојдовме кај вас со подмолна алчност за богатење.\n<sup>6</sup>Не бараме ни признание од луѓето: ниту од вас, ниту од други луѓе.\n<sup>7</sup>Како апостоли на Христос можевме да ви поставуваме разни барања, но ние многу внимателно се однесувавме со вас, како мајка доилка што со нежност се грижи за своите дечиња.\n<sup>8</sup>Толку ни станавте мили, толку се приврзавме спрема вас, што бевме решени не само да ви ја пренесеме Божјата Радосна вест, туку и душите свои да ги дадеме за вас.\n<sup>9</sup>Впрочем, драги пријатели, потсетете се како ние работевме и се трудевме. Ден и ноќ работевме за својата издршка, за да не му бидеме на товар на никого од вас додека ви ја проповедавме Божјата Радосна вест.\n<sup>10</sup>Вие и Бог сте ни сведоци дека нашето поведение спрема вас христијаните беше искрено, праведно и беспрекорно.\n<sup>11</sup>Знаете дека спрема секого од вас се однесувавме онака како што татко се однесува спрема своите деца.\n<sup>12</sup>Ве охрабрувавме, ве утешувавме и ве поттикнувавме да живеете онака како што прилега за Бог, Кој ве повикува да станете дел од Неговото царство и да учествувате во Неговата слава.\n<sup>13</sup>Постои и друга причина поради која ние постојано Му заблагодаруваме на Бог. Кога ја слушнавте од нас Божјата порака, вие ја прифативте не како порака што доаѓа од луѓе, туку како Божја порака, што таа навистина и е. Таа сега дејствува во вас кои поверувавте.\n<sup>14</sup>Драги пријатели христијани, вам ви се случија истите нешта што им се случуваат на Божјите цркви во Јудеја и на сите луѓе што Му се верни на Исус Христос. Вие настрадавте од вашите сонародници, исто како што тие страдаа од Евреите,\n<sup>15</sup>од оние што Го убија Господ Исус, што ги убиваа пророците, од оние што и нас жестоко нѐ прогонуваа. Тие не Му се по волја на Бог. Непријателски се расположени спрема целото човештво.\n<sup>16</sup>Ни забрануваа да им проповедаме на луѓе што не се Евреи, за да не се спаси и некој што не е Евреин! Со тоа докрај се исполни списокот на нивните гревови. Сега Божјиот гнев конечно дојде и на нивна глава.\n4 Павле сака повторно да ја посети црквата во Солун\n<sup>17</sup>Драги пријатели! Колку многу ни недостасувате, колку желно сакаме пак да ги видиме вашите лица, иако само кратко време сме одвоени од вас, се разбира физички, но не и во нашите мисли.\n<sup>18</sup>Сакавме да дојдеме кај вас. Јас, Павле, не еднаш се обидов, но сатаната нѐ спречи.\n<sup>19</sup>Конечно, што ни дава надеж и радост, со каков венец ние ќе се гордееме? Тоа сте вие! Кога нашиот Господ Исус повторно ќе дојде, ние со вас ќе се гордееме и ќе се радуваме.\n<sup>20</sup>Вие сте нашата слава и радост.\n= Глава 3 =<sup>1</sup>Веќе не можевме да издржиме. Решивме само ние да останеме во Атина,\n<sup>2</sup>а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј. Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос. Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера.\n<sup>3</sup>Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.\n<sup>4</sup>Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи.\n<sup>5</sup>Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.\n<sup>6</sup>Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести. Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов. Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да нѐ видите.\n<sup>7</sup>Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу нѐ охрабри.\n<sup>8</sup>Вашата непоколеблива вера во Господ претставува силен поттик за нас.\n<sup>9</sup>Како да Му се заблагодариме на Бог за вас? Како да Му возвратиме за сета радост што ни ја причинувате?\n<sup>10</sup>Деноноќно, од сѐ срце Му се молиме на Бог пак да се сретнеме со вас и да ви помогнеме онаму каде што имате потреба во однос на вашата вера.\n<sup>11</sup>Се молиме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос, да ни дозволат пак да дојдеме кај вас.\n<sup>12</sup>Господ нека ја поттикне љубовта што ја имате еден спрема друг и спрема сите луѓе. Таа љубов нека расте онака како што расте нашата љубов спрема вас.\n<sup>13</sup>А кога нашиот Господ Исус ќе дојде, заедно со сите Негови следбеници, нека ги направи вашите срца чисти и посветени во очите на Бог, нашиот Татко. Амин.\n= Глава 4 =\n5 Поттик на богоугоден живот\n<sup>1</sup>За крај, драги пријатели, сега кога Му припаѓате на Господ Исус, ве молиме и ве повикуваме да живеете богоугодно, онака како што ве учевме. Вие веќе сега живеете така, но трудете се уште повеќе.\n<sup>2</sup>Потсетувајте се на упатствата што ви ги дававме како на следбеници на Господ Исус.\n<sup>3</sup>Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд.\n<sup>4</sup>Секој треба да умее да го контролира своето тело, за да биде свето и за почит.\n<sup>5</sup>Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.\n<sup>6</sup>Во однос на ова прашање, никако не смеете да мамите и искористувате други христијани! Потсетете се, веќе ве предупредивме дека Господ ќе го казни секој што така прави.\n<sup>7</sup>Бог не ве одбра за да живеете валкан живот, туку за да бидете свети.\n<sup>8</sup>Секој што не се придржува кон ова, не е непослушен спрема нас, туку спрема Бог, спрема Оној што ни Го дава Својот Свет Дух.\n<sup>9</sup>Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг. Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате,\n<sup>10</sup>и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија. Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте.\n<sup>11</sup>Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме.\n<sup>12</sup>Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.\n6 Воскреснување и вознесување на христијаните\n<sup>13</sup>Драги пријатели христијани, сакаме да знаете што ќе се случи со оние што се починати, за да не тагувате како луѓето што по ова прашање немаат никаква надеж.\n<sup>14</sup>Ако ние веруваме дека Исус умре и воскресна, веруваме и дека Бог пак ќе ни Го врати, а со Него ќе ги врати и сите што пред да починат верувале во Исус.\n<sup>15</sup>Ова ни е кажано од Господ. Тој ни рече дека ние што ќе бидеме живи кога Тој повторно ќе дојде, ќе се сретнеме со Него откако Тој претходно ќе ги воскресне починатите.\n<sup>16</sup>Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат;\n<sup>17</sup>потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него.\n<sup>18</sup>Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови.\n= Глава 5 =<sup>1</sup>Нема потреба да ви пишувам за времето и датумот кога ќе се случи ова.\n<sup>2</sup>Вие сигурно и самите знаете дека доаѓањето на Господ ќе биде ненадејно, како кога крадец неочекувано упаѓа ноќе.\n<sup>3</sup>Кога луѓето ќе си мислат: „Сега сме мирни и безбедни,“ тогаш неочекувано ќе им дојде уништувањето, како кога породилни болки ѝ доаѓаат на жена што треба да роди. Тоа неминовно ќе им се случи.\n<sup>4</sup>Но вие што сте христијани, не живеете во мрак, па во тој ден нема да бидете непријатно изненадени, како од крадец.\n<sup>5</sup>Вие ѝ припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта.\n<sup>6</sup>Затоа, да нѐ бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени.\n<sup>7</sup>Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат;\n<sup>8</sup>но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата.\n<sup>9</sup>Бог не нѐ одбра за да нѐ казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос,\n<sup>10</sup>Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати.\n<sup>11</sup>Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.\n7 Упатства за меѓусебните односи во Црквата\n<sup>12</sup>Драги христијани по црквите, ве молиме да им оддавате признание на оние што работат меѓу вас, што ве водат и поучуваат;\n<sup>13</sup>искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате.\n<sup>14</sup>Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.\n<sup>15</sup>Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.\n<sup>16</sup>Бидете секогаш радосни,\n<sup>17</sup>постојано молете се.\n<sup>18</sup>Што и да ви се случува, прифаќајте го со благодарност, зашто така, вие што Му припаѓате на Исус Христос, ја исполнувате Божјата волја.\n<sup>19</sup>Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.\n<sup>20</sup>Немојте да ги занемарувате пророштвата.\n<sup>21</sup>Проверувајте сѐ што се проповеда и држете се до тоа што е добро.\n<sup>22</sup>Држете се настрана од сѐ што е зло.\n8 Благослови и поздрави\n<sup>23</sup>Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, сѐ до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>24</sup>На Оној што ве одбра, можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.\n<sup>25</sup>Драги пријатели христијани, молете се и за нас.\n<sup>26</sup>Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж.\n<sup>27</sup>Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани.\n<sup>28</sup>Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.\nЗабелешки:\nar:الكتاب المقدس\nbs:Biblija\ncs:Bible\ncy:Beibl\nde:Bibel\nel:ءمكل أٌلِق\nes:Biblia\nfr:La Bible\nhe:ביבליה\nhr:Biblija\nit:Sacra Bibbia\nla:Biblia Sacra\nml:ബൈബിള്‍\npl:Biblia Gdaסska\npt:Bםblia\nro:Biblia\nru:ֱטבכט\nsl:Sveto pismo\nsr:ׁגועמ ןטסלמ\nsv:Bibeln 1917\nth:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ\ntr:İncil\nuk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)", "subject": ["Библија (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2116, "cyrillic": 0.97}
{"id": "7248", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Филипи (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле и Тимотеј,\nслужбеници на Исус Христос,\nдо сите Божји луѓе во Филипи што веруваат во Исус Христос, до старешините и помошниците во црквата.\n<sup>2</sup>Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.\n2 Молитва со благодарност\n<sup>3</sup>Секојпат кога ќе помислам на вас, Му се заблагодарувам на мојот Бог\n<sup>4</sup>и секогаш со задоволство се молам за вас,\n<sup>5</sup>зашто вие ми помагате во ширењето на Радосната вест уште од првиот ден кога ја слушнавте, па сѐ досега.\n<sup>6</sup>Сигурен сум дека Бог, Кој ја започна оваа добра работа во вас, ќе продолжи да ја води, сѐ додека не ја заврши, на Денот кога Исус Христос повторно ќе дојде.\n<sup>7</sup>Сите сте ми многу драги, и со право ми прираснавте за срце, зашто и вие ја делите со мене оваа привилегија што Бог ми ја даде, сега, кога сум в затвор, како и порано кога бев слободен, да ја бранам и ширам Радосната вест.\n<sup>8</sup>Бог ми е сведок дека моите чувства спрема сите вас се искрени и дека ве сакам онака како што ве сака и Исус Христос.\n<sup>9</sup>Се молам и вашата љубов еден спрема друг сѐ повеќе да расте, вашето знаење да се продлабочува, и сѐ потемелно да ги разбирате работите,\n<sup>10</sup>за да знаете да го одберете она што е најдобро. Така, на Денот кога Христос ќе се врати, ќе бидете беспрекорни и чисти.\n<sup>11</sup>Вашите животи ќе бидат исполнети со вистински вредности, какви што само Исус Христос може да создаде, за слава и величање на Бог.\n3 Павле е радосен што се проповеда за Христос\n<sup>12</sup>Сакам да знаете, драги пријатели, христијани, дека она што ми се случи, помогна Радосната вест уште поуспешно да се шири.\n<sup>13</sup>Целата царска стража во касарната и сите луѓе што се овде дознаа дека сум затворен поради тоа што проповедам за Христос.\n<sup>14</sup>Мојот престој во затворот кај повеќето христијани ја зацврсти нивната вера во Господ, ги поттикна да бидат посмели и без страв да ја проповедаат Божјата порака.\n<sup>15</sup>Навистина, некои тоа го прават од завист и од соперништво спрема мене, но другите со најискрени намери проповедаат за Христос.\n<sup>16</sup>Оние што го прават тоа од љубов знаат дека Бог ме определи да ја бранам Радосната вест.\n<sup>17</sup>Оние, пак, што проповедаат од ривалство и нечесни мотиви, сакаат да ми ја наголемат болката додека сум в затвор.\n<sup>18</sup>Но без оглед на тоа дали мотивите се чисти или не, се проповеда за Христос! А јас на тоа се радувам и ќе продолжам да се радувам,\n<sup>19</sup>бидејќи знам дека преку вашите молитви и со помошта што доаѓа од Духот на Исус Христос сето ова ќе биде за мое избавување.\n4 Да се живее и да се умре за Христос\n<sup>20</sup>Јас најискрено се надевам и посакувам во ништо да не потфрлам, исполнувајќи ја својата должност. Сакам секогаш, а посебно сега, да бидам полн со храброст, и со целото мое битие да Му донесам слава на Христос, било преку мојот живот, или преку мојата смрт.\n<sup>21</sup>Што е животот? За мене тоа е Христос! Што е смртта? За мене тоа е чиста добивка!\n<sup>22</sup>Но ако останам жив ќе можам плодно да работам за Христос. Затоа, кога би требало јас да избирам, не знам што би одбрал.\n<sup>23</sup>Растргнат сум од овие две желби: да го напуштам овој живот и да бидам со Христос, зашто за мене тоа е далеку подобро,\n<sup>24</sup>или да останам овде, во тело, што би било многу покорисно за вас.\n<sup>25</sup>Со таа увереност ќе останам со сите вас и ќе продолжам да работам, за да напредувате и да се радувате во верата,\n<sup>26</sup>па кога повторно ќе бидам со вас ќе имате уште поголема причина да се гордеете со вашата вера во Исус Христос и со мене.\n5 Однесувајте се како жители на небото\n<sup>27</sup>Трудете се да живеете достојно на Радосната вест на Христос. Без разлика дали сум со вас и можам да видам што правите, или сум отсутен, сакам да слушам само добро за вас: дека еднодушно и сложно се борите за верата што произлегува од Радосната вест.\n<sup>28</sup>Немојте да се плашите од вашите непријатели. Бидете секогаш храбри. Со тоа ќе им покажете дека тие ќе изгубат, а вие ќе бидете спасени, зашто Бог е на ваша страна.\n<sup>29</sup>Дадена ви е привилегијата да Му служите на Христос, не само со тоа што ќе верувате во Него, туку и со тоа што ќе страдате за Него,\n<sup>30</sup>водејќи ја истата борба што ја водев јас, како што и самите видовте, борба што и сега, како што слушате, продолжувам да ја водам.\n= Глава 2 =\n6 Единство и скромност\n<sup>1</sup>Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш\n<sup>2</sup>потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел.\n<sup>3</sup>Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.\n<sup>4</sup>Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите.\n<sup>5</sup>Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос:\n<sup>6</sup>Тој, иако по Својата природа е Бог,\nне ја искористи Својата еднаквост со Бог\nза да приграби нешто за Себе.\n<sup>7</sup>Напротив, се откажа од тоа и стана слуга,\nсе роди во човечко тело\nи живееше како човек.\n<sup>8</sup>Како човек, Тој се понижи, остана покорен\nи по цена на Својот живот,\nи понизно умре распнат на крст.\n<sup>9</sup>Затоа Бог Го воздигна и Му даде име\nпоголемо од секое друго име.\n<sup>10</sup>Пред тоа име, пред Исус,\nсите суштества на колена ќе клекнат:\nнебесните, земните и оние под земјата,\n<sup>11</sup>сите отворено ќе признаат дека\nИсус Христос е Господ!\nТоа ќе Му донесе\nслава на Бог Таткото.\n7 Бидете светла во овој свет\n<sup>12</sup>Затоа, драги мои, како што бевте послушни додека бев кај вас, уште поважно е да останете послушни и сега, кога сум отсутен. Продолжете да работите, со длабока страхопочит, за да се заокружи вашето спасение,\n<sup>13</sup>зашто Бог дејствува во вас, за да ве направи желни и способни да го работите она што Тој го сака.\n<sup>14</sup>Сѐ што ќе правите, правете без да негодувате или да се расправате,\n<sup>15</sup>за да бидете беспрекорни и чисти. Меѓу овие расипани, изопачени луѓе вие треба да бидете совршени Божји деца, да светите меѓу нив како што ѕвездите светат на небото,\n<sup>16</sup>држејќи се цврсто до Пораката што носи живот. Така, кога Христос ќе се врати, јас ќе се гордеам со вас, зашто ќе биде јасно дека моите напори и мојата работа не биле залудни.\n<sup>17</sup>Вашата вера во Господ и вашето служење се жртва што Му се принесува на Бог. Можеби мојата крв ќе треба да се излее како принос врз таа жртва. Ако биде така, јас ќе бидам среќен и ќе се радувам со сите вас.\n<sup>18</sup>Така и вие треба да бидете среќни и да се радувате со мене.\n8 Павле го препорачува Тимотеј\n<sup>19</sup>Ако Му е тоа по волја на Господ Исус, се надевам дека набрзо ќе можам да го пратам кај вас Тимотеј, та кога ќе се врати да ме израдува со вести за вас,\n<sup>20</sup>зашто немам друг истомисленик што толку искрено се грижи за вас.\n<sup>21</sup>Сите други работат за своја корист, а не за делото на Исус Христос.\n<sup>22</sup>Но, тој се има докажано како карактерен човек. Се сеќавате како работевме заедно на ширењето на Радосната вест: како татко и син.\n<sup>23</sup>Се надевам дека ќе можам да го испратам веднаш штом дознаам каква судбина ми се подготвува,\n<sup>24</sup>а се надевам дека Господ ќе ми овозможи наскоро и јас да дојдам кај вас.\n9 Павле го препорачува Епафродит\n<sup>25</sup>Во меѓувреме, сметав дека е потребно да ви го пратам нашиот брат Епафродит, со кој заедно работевме и се боревме, откако вие ми го испративте да ми помага во разни потреби.\n<sup>26</sup>Тој одвај чека да ве види, копнее да се врати дома, зашто му падна тешко што сте разбрале дека беше болен.\n<sup>27</sup>Навистина беше смртно болен, но Бог му се смилува. И не само нему, туку и мене ми се смилува, за да не ми дојде тага врз тага.\n<sup>28</sup>Брзам да го испратам, за да го видите и да му се нарадувате, па и јас да не бидам толку загрижен за вас.\n<sup>29</sup>Затоа, пречекајте го со радост, како брат во Господ. Таквите како него треба многу да ги цените,\n<sup>30</sup>зашто работејќи за Христос, тој животот си го доведе во опасност и речиси умре, за да ми помогне и да ми го надомести тоа што вие не можевте да го направите за мене, бидејќи сте далеку.\n= Глава 3 =\n10 Да се познава Христос е голема придобивка\n<sup>1</sup>За крај, драги мои, радувајте се што Му припаѓате на Господ. Мене не ми е тешко одново да ви го напишам истото нешто што веќе порано сум ви го пишувал, бидејќи тоа ќе придонесе да се заштитите.\n<sup>2</sup>Чувајте се од тие зли луѓе, од тие кучиња што тврдат дека обрежувањето е неопходно! Тоа е лажна побожност!\n<sup>3</sup>Ние, а не тие, сме обрежани на вистинскиот начин, зашто преку (Светиот) Дух Му служиме на Бог и се гордееме со Исус Христос. Ние не ја полагаме својата вера во телесни вредности.\n<sup>4</sup>Јас, се разбира, би можел да се потпрам на телесните вредности. Ако некој мисли дека може да се потпира на телесни вредности, нека знае дека јас имам многу повеќе причини така да мислам.\n<sup>5</sup>Обрежан сум кога сум имал осум дена, Израелец сум по раѓање, од племето на Бинјамин - чистокрвен Евреин. Им припаѓав на фарисеите, што подразбира стриктно придржување кон верските закони.\n<sup>6</sup>Бев толку ревносен, што дури ги прогонував христијаните. Толку колку што човек може да биде праведен со почитување на заповедите од верскиот Закон, јас беспрекорно се придржував до нив.\n<sup>7</sup>Но сите тие нешта што порано толку многу ми значеа, сега, кога верувам во Христос, ги сметам за безвредни.\n<sup>8</sup>И уште повеќе, сметам дека сѐ е рамно на загуба во споредба со таа скапоцена придобивка: да се познава Исус Христос, мојот Господ. Заради Него се откажав од сите тие телесни вредности и ги сметам за обичен смет. Христос е сѐ што ми треба.\n<sup>9</sup>Со Него сакам да бидам, не преку моја сопствена праведност, што би произлегувала од придржување кон верскиот Закон, туку преку праведност што се добива заради вера во Христос, праведност што доаѓа од Бог, врз основа на вера.\n<sup>10</sup>Сакам длабоко да Го запознаам Христос, да ја доживеам силата што Го воскресна, да искусам дел од Неговите страдања и да се идентификувам со Неговата смрт,\n<sup>11</sup>па така некако да стигнам до воскреснување од мртвите.\n11 Стремеж кон целта\n<sup>12</sup>Јас не велам дека веќе сум успеал да го постигнам тоа, или дека сум станал совршен. Но, и понатаму се стремам да ги постигнам целите заради кои Исус Христос ме придоби.\n<sup>13</sup>Се разбира, драги пријатели христијани, јас не мислам дека веќе сум успеал да го достигнам тоа, но мислам дека успеав да го заборавам она што е зад мене и од сѐ срце да се стремам кон она што е пред мене.\n<sup>14</sup>Трчам право кон целта, за да ја добијам наградата, небесното жителство за кое Бог, преку Исус Христос, нѐ повика.\n<sup>15</sup>Сите што сте духовно зрели, вака треба да размислувате. Ако во нешто не се согласувате, верувам дека Бог тоа ќе ви го разјасни.\n<sup>16</sup>Но важно е да продолжиме да се придржуваме до вистината што веќе ја прифативме.\n<sup>17</sup>Драги пријатели христијани, одете по моите стапки. Гледајте на оние што го следат нашиот пример.\n<sup>18</sup>Многу пати досега сум ви го кажал ова, а и сега, со солзи во очите ќе ви го повторам: има многу луѓе кои според начинот на кој живеат му се непријатели на Христовиот крст.\n<sup>19</sup>Тие ќе завршат во пеколот, бидејќи нивните телесни желби им се бог. Се гордеат со она од што би требало да се срамат и размислуваат само за овоземни работи.\n<sup>20</sup>За разлика од нив, ние сме жители на небото и желно очекуваме нашиот Спасител, Господ Исус Христос, оттаму да дојде.\n<sup>21</sup>Тој ќе ги преобрази нашите слаби, смртни тела и ќе ги направи слични на Неговото славно тело, со истата моќ со која ќе ја преземе власта над сѐ.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!\n12 Совети и поттик\n<sup>2</sup>Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ.\n<sup>3</sup>Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.\n<sup>4</sup>Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!\n<sup>5</sup>Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде.\n<sup>6</sup>Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.\n<sup>7</sup>Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.\n<sup>8</sup>За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.\n<sup>9</sup>Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас.\n13 Благодарност за грижата и помошта\n<sup>10</sup>Господ ми даде голема радост што по толку долго време вие пак имавте можност да покажете дека се грижите за мене. Не дека престанавте да се грижите за мене, туку немавте можност да го покажете тоа.\n<sup>11</sup>Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам.\n<sup>12</sup>Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.\n<sup>13</sup>Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови.\n<sup>14</sup>Сепак, добро сте сториле што сте ми испратиле помош сега, кога ми е тешко.\n<sup>15</sup>Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото.\n<sup>16</sup>Кога бев во Солун, не еднаш ми испраќавте помош, кога таа ми беше потребна.\n<sup>17</sup>Не барам јас подароци. Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.\n<sup>18</sup>Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам сѐ што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.\n<sup>19</sup>Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.\n<sup>20</sup>На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.\n14 Завршни поздрави\n<sup>21</sup>Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.\n<sup>22</sup>Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.\n<sup>23</sup>Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF%D0%B8_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2521, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7260", "title": "Второ писмо од апостол Јован (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од старешината Јован,\nдо почитуваната госпоѓа и до нејзините деца. Имам искрена љубов спрема вас, каква што имаат и сите други што ја знаат Божјата вистина,\n<sup>2</sup>онаа вистина што живее во нас и што ќе биде со нас засекогаш.\n<sup>3</sup>Бог Таткото и Неговиот Син, Исус Христос, нека ни бидат благонаклонети, нека ни бидат милостиви и нека ни дадат мир, за да останеме на страната на вистината и да живееме во љубов.\n2 Поттик на меѓусебна љубов\n<sup>4</sup>Многу се израдував кога дознав дека некои од вашите деца се на вистинскиот пат и се придржуваат до заповедта што ни беше дадена од Небесниот Татко.\n<sup>5</sup>Сега, драга госпоѓо, јас не ви пишувам некоја нова заповед, туку ве молам да се придржувате кон заповедта што ја имаме уште од почетокот: да се сакаме меѓусебно.\n<sup>6</sup>А љубовта се докажува преку придржување до Божјите заповеди. Заповедта да се сакаме ја слушнавме уште од самиот почеток и до неа треба да се придржуваме.\n3 Предупредување за појавата на измамници\n<sup>7</sup>Многу измамници се појавија на овој свет. Не признаваат дека Исус Христос дојде на овој свет во човечко тело. Секој што зборува така е измамник и антихрист.\n<sup>8</sup>Чувајте се, за да не го загубите она за што се трудевме. Борете се да ја добиете целосната награда!\n<sup>9</sup>Секој што отстапува и не се држи до Христовото учење нема заедништво со Бог. Оној што се држи до Христовото учење има заедништво со Небесниот Татко и со Синот - Христос.\n<sup>10</sup>Ако некој дојде кај вас, и не го носи Христовото учење, немојте да го примате во вашите домови, немојте дури ни добредојде да му посакате.\n<sup>11</sup>Оној што ќе му посака добредојде станува соучесник во неговите зли дела.\n4 Заклучок\n<sup>12</sup>Имам уште многу да ви кажам, но не сакам тоа да го сторам вака, со перо и мастило, туку се надевам дека ќе дојдам кај вас и сѐ што имам да ви кажам, ќе ви кажам лице в лице. Верувам дека тоа ќе биде обострано задоволство.\n<sup>13</sup>Ве поздравуваат децата на вашата сестра, одбрана од Бог.", "subject": ["Библија (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 338, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7261", "title": "Трето писмо од апостол Јован (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од старешината Јован, до мојот драг пријател Гај, кого искрено го сакам.\n<sup>2</sup>Драги пријателе, ти посакувам сѐ добро да ти оди, да бидеш телесно здрав, како што си духовно јак.\n<sup>3</sup>Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат.\n<sup>4</sup>За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите деца чекорат по вистинскиот пат.\n2 За помагањето меѓу христијаните.\n<sup>5</sup>Драги пријателе, добро правиш што се грижиш и за други христијани, особено за дојдените од други места.\n<sup>6</sup>Тие пред сите нас во црквата раскажаа за твојата љубов. Добро ќе сториш ако ги испратиш на начин како што прилега пред Бог,\n<sup>7</sup>бидејќи тие патуваат заради Исусовото име, а не примаат никаква помош од оние што не се христијани.\n<sup>8</sup>Заради тоа треба да покажеме гостопримство спрема такви луѓе, за и ние да земеме учество во ширењето на вистината.\n3 Осуда на Диотреф\n<sup>9</sup>Јас им напишав едно кратко писмо на луѓето во црквата, но Диотреф, кој сака да биде водач меѓу нив, не нѐ признава нас.\n<sup>10</sup>Затоа, ако дојдам, ќе го прекорам за тоа што го прави, напаѓајќи нѐ злобно и неправедно. И тоа не му е доволно, па не само што самиот не ги прифаќа христијаните што доаѓаат во посета, туку и оние што би сакале да ги прифатат ги спречува и ги исклучува од црквата!\n<sup>11</sup>Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло! Угледај се на оние што прават добро! Оној што прави добро е Божјо дете, а оној што прави зло, покажува дека не Го познава Бога.\n4 Признание за Димитри\n<sup>12</sup>За Димитри сите зборуваат добро. Тоа се потврдува со вистинската порака што тој ја проповеда. И ние имаме добро мислење за него, а ти знаеш дека ние сме искрени.\n5 Поздрави\n<sup>13</sup>Сакам уште многу нешта да ти кажам, но не сакам вака со перо и мастило.\n<sup>14</sup>Се надевам дека наскоро ќе те видам и лице в лице ќе си поразговараме.\n<sup>15</sup>Божјиот мир нека биде со тебе!\nТе поздравуваат пријателите. Поздрави ги и ти оние што ни се пријатели, секого поименично.", "subject": ["Библија (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 356, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7249", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Колос (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, избран од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат по вера Тимотеј,\n<sup>2</sup>до христијаните во градот Колос,\nдо нашите пријатели, верни следбеници на Христос.\nБог, нашиот Татко, нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.\n2 Благодарностна и застапничка молитва\n<sup>3</sup>Секогаш кога се молиме за вас, Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос,\n<sup>4</sup>зашто слушнавме за вашата вера во Исус Христос, и за љубовта што ја имате спрема сите Божји луѓе.\n<sup>5</sup>Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест.\n<sup>6</sup>Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет.\n<sup>7</sup>Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас.\n<sup>8</sup>Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух.\n<sup>9</sup>Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини.\n<sup>10</sup>Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и сѐ подобро ќе Го запознавате Бог.\n<sup>11</sup>Се молиме да добивате сила од Неговата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите сѐ што ќе ве снајде\n<sup>12</sup>и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во царството на светлината.\n<sup>13</sup>Тој нѐ извлече од власта на царството на темнината и нѐ пренесе во царството на Неговиот сакан Син,\n<sup>14</sup>Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите.\n3 Христос е над сѐ\n<sup>15</sup>Христос е видлива слика на невидливиот Бог.\nТој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал\nи е над сѐ што е создадено.\n<sup>16</sup>Преку Христос Бог ги создаде сите нешта\nи на небото и на Земјата:\nтоа што се гледа и тоа што не се гледа,\nсите престоли и власти,\nсите владетели и властодршци,\nсѐ беше создадено преку Него и за Него.\n<sup>17</sup>Тој постои пред сѐ и ги одржува сите нешта.\n<sup>18</sup>Христос е глава на Црквата, која е Негово тело.\nТој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите,\nза да биде прв во сѐ,\n<sup>19</sup>зашто Бог одбра во Него\nво целост да се всели Божјата природа\n<sup>20</sup>и преку Него да ги\nпомири со Себе сите,\nбило да се на Земјата, или на небото,\nвоспоставувајќи мир преку\nСвојата крв, пролеана на крстот.\n<sup>21</sup>Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело.\n<sup>22</sup>Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе. Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни.\n<sup>23</sup>Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.\n4 Енергично проповедање на Радосната вест\n<sup>24</sup>Страдам, но се радувам, затоа што знам дека вие од тоа ќе имате корист. Мило ми е што со моето телесно страдање и јас придонесувам кон страдањата на Исус за Црквата, која е Негово тело.\n<sup>25</sup>Бог ми даде задолжение да ѝ служам на Црквата и ме испрати кај вас да ви ја проповедам Неговата порака, во сета нејзина полнота.\n<sup>26</sup>Со векови оваа порака беше тајна за луѓето, а сега таа им е објаснета на Неговите свети луѓе.\n<sup>27</sup>Бог го стори ова бидејќи сакаше вие што не сте Евреи да ја разберете таа прекрасна, величествена тајна: дека Христос живее во вас и заради тоа вие со право се надевате дека ќе имате свој удел во Божјата слава.\n<sup>28</sup>Ние токму за Христос проповедаме и ја употребуваме сета наша мудрост, за да ги предупредиме и поучиме сите луѓе, па сите да станат зрели Христови следбеници.\n<sup>29</sup>Затоа јас толку напорно работам, користејќи ја силата што Тој ми ја дава.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Сакам да знаете низ колкава агонија минувам заради вас, заради христијаните во Лаодикеја и заради сите други христијани што досега не ме имаат ни сретнато.\n<sup>2</sup>Целта ми е да ги охрабрам, сплотени во љубов целосно да ја разберат Божјата тајна, а тоа е Христос, за да сфатат какво богатство е човек да ја има таа сигурност.\n<sup>3</sup>Во Христос се кријат сите ризници на Божјата мудрост и знаење!\n<sup>4</sup>Ви го кажувам ова за да не дозволите никој да ве разубедува и да ве измами.\n<sup>5</sup>Иако не сум меѓу вас, постојано ве имам во мислите. Мило ми е што гледам дека живеете уредно и дека вашата вера во Христос е цврста.\n5 Христос, а не обичаи, храна или слави\n<sup>6</sup>Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него.\n<sup>7</sup>Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.\n<sup>8</sup>Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос,\n<sup>9</sup>зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело,\n<sup>10</sup>па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар над сите сили и власти.\n<sup>11</sup>Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото.\n<sup>12</sup>Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.\n<sup>13</sup>Вие бевте мртви поради гревовите во вас, зашто вашата грешна природа не беше отстранета од вас. Но Бог ве оживеа, заедно со Христос! Тој ни ги прости сите наши гревови.\n<sup>14</sup>Бог ја избриша обврзницата со нашите долгови, според чии одредби ние бевме должници. Тој ја зеде и ја уништи, приковувајќи ја на Христовиот крст.\n<sup>15</sup>Така Бог ги разоружа сите зли владетели и власти, и јавно ги посрамоти, поразувајќи ги со Христовата жртва на крстот.\n<sup>16</sup>Затоа, не дозволувајте никој да ве обвинува за она што го јадете и пиете, за тоа дали ги славите празниците, дали ја славите Младата месечина и саботата.\n<sup>17</sup>Тие нешта беа само сенка на она вистинското што требаше да дојде, а тоа е Христос.\n<sup>18</sup>Не дозволувајте да ве тераат да се самопонижувате и да обожавате ангели, зашто божем добиле такви виденија. Тие луѓе се прават многу понизни, но нивните грешни умови се полни со суета и горделивост.\n<sup>19</sup>Тие веќе не се поврзани со Христос, Кој е глава на телото. Тој му дава сила на телото, и преку неговите жили и лигаменти го држи цврсто обединето. Тоа духовно тело може да расте само ако се храни од Бог.\n<sup>20</sup>Вие умревте со Христос и ослободени сте од начинот на кој живеат световните луѓе. Зошто тогаш дозволувате да ви наметнуваат вакви догми:\n<sup>21</sup><Тоа не смее да се допира!“, „Тоа не смее да се јаде!“, или „Тоа не смее да се прави!“?\n<sup>22</sup>Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе, а се однесуваат на распадливи нешта, на работи што ги употребуваме.\n<sup>23</sup>Иако на прв поглед се чини мудро да се придржувате до тие правила, бидејќи повикуваат на побожност, понизност и строгост спрема телото, со нив не можат да се победат грешните телесни страсти.\n= Глава 3 =\n6 Новиот живот на христијанинот\n<sup>1</sup>Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна.\n<sup>2</sup>Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата.\n<sup>3</sup>Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос кај Бог.\n<sup>4</sup>А кога ќе се појави Христос, кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.\n<sup>5</sup>Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство!\n<sup>6</sup>Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.\n<sup>7</sup>Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.\n<sup>8</sup>Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.\n<sup>9</sup>Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики,\n<sup>10</sup>па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас.\n<sup>11</sup>Не е важно дали сте Грци или Евреи, дали сте обрежани или не, дали сте варвари или Скити, дали сте робови или слободни. Сѐ што е важно е Христос да живее во сите нас!\n<sup>12</sup>Бог ве сака и ве одбра да бидете Негов свет народ. Затоа, сочувствувајте со луѓето, бидете љубезни спрема нив, бидете скромни, кротки и трпеливи.\n<sup>13</sup>Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости.\n<sup>14</sup>А најважно од сѐ е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница.\n<sup>15</sup>Секој од вас е дел од Христовото тело. Треба да бидете сложни и благодарни. Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца.\n<sup>16</sup>Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од сѐ срце.\n<sup>17</sup>Сѐ што ќе кажете или ќе направите, правете го како претставници на Господ Исус, оддавајќи Му преку Него благодарност на Бог Таткото.\n7 Начела за христијанските семејства\n<sup>18</sup>Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.\n<sup>19</sup>Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.\n<sup>20</sup>Деца, бидете им во сѐ послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.\n<sup>21</sup>Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.\n<sup>22</sup>Робови, бидете им послушни на вашите земни господари во сѐ, дури и тогаш кога не ве гледаат. Правете го тоа од сѐ срце, не за да им угодите на луѓето, туку од страхопочит спрема Господ.\n<sup>23</sup>Сѐ што правите, правете го со сета душа, како да го правите за Господ, а не за луѓето.\n<sup>24</sup>Имајте на ум дека Му служите на Господ Христос и дека Тој ќе ве награди.\n<sup>25</sup>А кој постапува лошо, ќе си ги поднесува последиците, бидејќи кај Господ нема пристрасност.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови. Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!\n8 Поттик на молитва и мудро однесување\n<sup>2</sup>Посветете се на молитва, будно и со благодарност.\n<sup>3</sup>Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор.\n<sup>4</sup>Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.\n<sup>5</sup>Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.\n<sup>6</sup>Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.\n9 Завршни упатства и поздрави\n<sup>7</sup>Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже сѐ што ве интересира за мене.\n<sup>8</sup>Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.\n<sup>9</sup>Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за сѐ што се случува овде.\n<sup>10</sup>Ве поздравува Аристарх. И тој е в затвор со мене. Ве поздравува и Марко, братучедот на Барнава. Ако дојде кај вас, прифатете го, како што веќе ви пишавме.\n<sup>11</sup>Ве поздравува и Исус, меѓу нас познат како Јуст. Овие тројца се единствените христијани од Евреите што работат со мене за Божјото царство. Тие се големо охрабрување за мене.\n<sup>12</sup>Ве поздравува и вашиот сограѓанин Епафрас, кој сега е во служба на Исус Христос. Тој ревносно се моли за вас, да бидете цврсти, да станете зрели христијани, уверени во целата Божја волја.\n<sup>13</sup>Јас лично сум сведок колку ревносно се залага тој за вас, како и за христијаните во Лаодикија и во Јерапол.\n<sup>14</sup>Ве поздравуваат нашиот драг лекар Лука и Димас.\n<sup>15</sup>Поздравете ги сите христијани во Лаодикија, а посебно Нимфа и членовите на црквата што се собираат во нејзиниот дом.\n<sup>16</sup>Кога ќе го прочитате ова писмо кај вас, погрижете се да стигне и во Лаодикиската црква, за да го прочитаат и тие, а и вие треба да го прочитате писмото што им го упатив ним.\n<sup>17</sup>Потсетете го Архип внимателно да ја извршува работата што му ја довери Господ.\n<sup>18</sup>Сега своерачно ви пишувам: Поздрав од Павле!\nНе заборавајте дека сум в затвор.\nБог нека ви биде благонаклонет.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%81_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2151, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7253", "title": "Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, апостол на Исус Христос, кој по Божја волја проповеда за животот што Бог го вети преку вера во Исус Христос.\n<sup>2</sup>До Тимотеј, кој ми е како вистински син.\nТи посакувам Бог, Кој е наш Татко и Исус Христос, Кој е наш Господ, да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.\n2 Поттик на верност\n<sup>3</sup>Благодарен сум Му на Бог за тебе. Нему Му служам со чиста совест, онака како што Му служеле и моите предци. Постојано те спомнувам во моите молитви и деноноќно Му се молам на Бог за тебе.\n<sup>4</sup>Се сеќавам како пророни солзи при нашата разделба и копнеам пак да те видам, за повторно да се исполнам со радост.\n<sup>5</sup>Знам дека имаш искрена вера. Така поверува прво баба ти Лоида, потоа мајка ти Евника, а убеден сум дека и ти веруваш во Господ исто толку искрено.\n<sup>6</sup>Затоа те потсетувам да го разгоруваш во себе Божјиот дар што го доби кога положив раце врз тебе.\n<sup>7</sup>Божјиот Дух не создаде од нас плашливци. Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина.\n<sup>8</sup>Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ. Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ. Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања.\n<sup>9</sup>Бог нѐ спаси и нѐ одбра да живееме свет живот, не поради тоа што ние со нашите постапки тоа го заслужуваме, туку затоа што тоа беше Негов план уште пред почетокот на времето - да ни ја искаже Својата благонаклоност преку Исус Христос.\n<sup>10</sup>Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно. Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот.\n<sup>11</sup>Бог ме постави за проповедник, апостол и учител на Радосната вест.\n<sup>12</sup>Тоа е причината поради која сега страдам в затвор. Но не се срамам! Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил, сѐ до Оној Ден.\n<sup>13</sup>Придржувај се до здравото учење што го доби од мене, а верноста и љубовта на Исус Христос нека ти бидат пример.\n<sup>14</sup>Со помош на Светиот Дух, Кој живее во нас, чувај го она што Бог ти го довери.\n<sup>15</sup>Ти знаеш дека сите христијани што дојдоа овде од Азија, вклучувајќи ги Фигел и Ермоген, ме напуштија.\n<sup>16</sup>Господ нека го благослови домот на Онисифор. Тој често ме посетува и не се срами поради тоа што сум в затвор.\n<sup>17</sup>Веднаш штом стигнал во Рим упорно ме барал додека не ме најде.\n<sup>18</sup>Господ нека му биде посебно благонаклонет во Оној Ден. Вие добро знаете колку многу тој ми помагаше додека бев во Ефес.\n= Глава 2 =\n3 Смислата на страдањата заради верата во Христос\n<sup>1</sup>Тимотеј, сине мој, Исус Христос ти е благонаклонет! Дозволи Му да те направи силен.\n<sup>2</sup>Она што го слушаше од мене пред многубројни сведоци, пренеси им го на оние луѓе кои заслужуваат таква доверба, луѓе што се способни да поучуваат и други.\n<sup>3</sup>Како добар војник на Исус Христос издржи го твојот дел од страдањата, како што и јас го издржувам мојот дел.\n<sup>4</sup>Кога еден војник е на должност не треба да се плетка со цивилни работи. Само така ќе може да го исполни она што од него го бара неговиот претпоставен.\n<sup>5</sup>Кога еден атлетичар се натпреварува, не може да победи, ако не се придржува до правилата.\n<sup>6</sup>Земјоделецот што напорно работи треба прв да вкуси од плодовите на својот труд.\n<sup>7</sup>Размисли за ова и Господ ќе ти помогне овие нешта целосно да ги разбереш!\n<sup>8</sup>Постојано имај Го на ум Исус Христос! Тој му беше потомок на Давид и воскресна од мртвите. Тоа е Радосната вест што јас ја проповедам.\n<sup>9</sup>Поради тоа што ја проповедам Радосната вест, сега сум в затвор, како да сум злосторник. Но Божјата порака не е окована!\n<sup>10</sup>Готов сум сѐ да издржам, ако со тоа придонесам оние што Бог ги одбрал, да добијат спасение и вечна слава, бидејќи Му припаѓаат на Исус Христос.\n<sup>11</sup>Вистина е дека:\n„Ако сме умреле со Христос,\nсо Него и ќе живееме.\n<sup>12</sup>Ако издржиме,\nсо Него ќе владееме.\nАко се откажеме од Него\nи Тој ќе се откаже од нас.\n<sup>13</sup>Ако не Му бидеме верни,\nТој сепак ќе остане верен,\nзашто Христос не може\nда се порекне Самиот Себе.“\n4 Биди добар работник\n<sup>14</sup>Потсетувај ги луѓето на овие работи. Сериозно предупредувај ги во Божјо име да не се фаќаат за збор и од тоа да прават расправии. Од такви расправии ништо добро не може да произлезе. Тие можат само да ги уништат оние што ги слушаат.\n<sup>15</sup>Труди се да се докажеш пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, зашто правилно ја проповеда вистината.\n<sup>16</sup>Одбегнувај безбожни и бесмислени расправи. Тие само ги оддалечуваат луѓето од Бог.\n<sup>17</sup>Таквите учења се како рак - рана што се шири по телото. Именеј и Филет ти се пример за тоа.\n<sup>18</sup>Застранија од вистината. Тврдат дека мртвите веќе воскреснале. Тоа ја поткопа верата кај некои луѓе.\n<sup>19</sup>Без оглед на тоа, темелот што Бог го има поставено е цврст. Врз него стои напишано: „Господ знае кои луѓе се Негови. Секој што се повикува на Господовото име треба да се откаже од секаков грев.“\n<sup>20</sup>Во богатите куќи нема само садови од злато и сребро, туку има и дрвени и глинени садови. Некои се за свечена, а некои за секојдневна употреба.\n<sup>21</sup>Така е и со луѓето. Ако човек се очисти, Бог ќе го издвои за посебни задачи и ќе може да го употреби за секаква добра работа.\n<sup>22</sup>Бегај од искушенија својствени за млади луѓе! Стреми се кон праведност, вера, љубов и мир, заедно со оние што со чисто срце Го повикуваат Господ.\n<sup>23</sup>Не учествувај во глупави и бесмислени расправи. Тие само доведуваат до кавги.\n<sup>24</sup>Човек што Му служи на Бог не треба да се кара, туку да биде љубезен спрема сите, да ги поучува, да биде трпелив,\n<sup>25</sup>кротко да ги поучува оние што ѝ се противставуваат на вистината. Можеби Бог ќе им помогне да се покаат и да ја сфатат вистината.\n<sup>26</sup>Тогаш ќе си дојдат на себеси и ќе се извлечат од стапицата во која ги има фатено ѓаволот и ги има натерано да ги извршуваат неговите наредби.\n= Глава 3 =\n5 Опасностите во последните денови\n<sup>1</sup>Треба да знаеш дека во последните денови ќе настапат многу тешки времиња.\n<sup>2</sup>Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви. Ќе навредуваат, ќе бидат непослушни спрема родителите, ќе бидат неблагодарни и без светост.\n<sup>3</sup>Ќе немаат љубов, ни желба да си простуваат; ќе се клеветат еден со друг, ќе немаат самоконтрола, ќе бидат свирепи и ќе му се противат на сѐ што е добро.\n<sup>4</sup>Ќе станат предавници, безобѕирни и вообразени. Наместо да го сакаат Бог, на прво место ќе сакаат да уживаат во своите страсти.\n<sup>5</sup>Навидум ќе изгледаат побожни, но тие ќе ја одбиваат силата што може да ги направи навистина побожни. Држете се понастрана од таквите луѓе!\n<sup>6</sup>Има меѓу нив и такви што влегуваат по домовите и ги придобиваат оние жени што се робови на гревот и што се раководат од необуздани страсти.\n<sup>7</sup>Таквите жени постојано се подготвени да слушнат нешто ново, а никако да ја сфатат вистината.\n<sup>8</sup>Тие луѓе ѝ се противставуваат на вистината онака како што Јанис и Јамврис му се противставија на Мојсеј. Тоа се луѓе со изопачен ум, нивната вера е лажна.\n<sup>9</sup>Нема далеку да стигнат! Набргу нивното безумие ќе им стане јасно на сите, исто како што се случи и со Јанис и Јамврис.\n6 Упатства до Тимотеј\n<sup>10</sup>Тимотеј, внимателно слушаше што те поучував и гледаше како живеев. Знаеш што сакам да постигнам и во што верувам. Виде колку сум трпелив и колку ги сакам луѓето. Виде колку можам да истраам.\n<sup>11</sup>Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра. Низ какви сѐ прогони поминав и од сите нив Господ ме избави!\n<sup>12</sup>Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани,\n<sup>13</sup>а злите луѓе и измамниците, ќе стануваат сѐ полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.\n<sup>14</sup>Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше.\n<sup>15</sup>Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос.\n<sup>16</sup>Целото Свето писмо е од Бога вдахновено. Сѐ што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме.\n<sup>17</sup>Светото писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Кога Исус Христос ќе дојде да го воспостави Своето царство, Тој ќе им суди на сите - и на живите или на мртвите. Затоа, имајќи ги Бог и Исус Христос за сведоци, со заклетва те обврзувам\n<sup>2</sup>да ја проповедаш Божјата порака! Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не. Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови. Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.\n<sup>3</sup>Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат.\n<sup>4</sup>Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.\n<sup>5</sup>Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација. Издржи ги неправдите. Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.\n<sup>6</sup>На мојот живот му се гледа крајот. Дојде време да заминам кај Господ.\n<sup>7</sup>Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен.\n<sup>8</sup>Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.\n7 За некои лични работи\n<sup>9</sup>Потруди се да дојдеш кај мене најбрзо што можеш.\n<sup>10</sup>Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун. Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација.\n<sup>11</sup>Само Лука остана со мене.\nДоведи го и Марко. Тој ќе ми биде од голема полза во службата.\n<sup>12</sup>Тихик го пратив во Ефес.\n<sup>13</sup>Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп. Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.\n<sup>14</sup>Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки.\n<sup>15</sup>Чувај се од него! Многу се противи на она што го проповедаме.\n<sup>16</sup>Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е.\n<sup>17</sup>Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите.\n<sup>18</sup>Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето Небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!\n8 Завршни поздрави\n<бр Ѓ> <sup>19</sup>Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.\n<sup>20</sup>Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет.\n<sup>21</sup>Потруди се да дојдеш пред зимата.\nТе поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.\n<sup>22</sup>Господ нека биде духовно со тебе и спрема сите вас нека биде благонаклонет.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A2%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%98_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1908, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7262", "title": "Писмо од апостол Јуда (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Јуда, слуга на Исус Христос и брат на Јаков,\nдо повиканите, оние што Бог Таткото ги сака и Исус Христос ги чува.\n<sup>2</sup>Бог нека ви даде во изобилие милост, мир и љубов.\n2 Повод за ова писмо: појавата на лажливи вероучители\n<sup>3</sup>Драги пријатели, многу сакав да ви пишувам за нашето заедничко спасение што го имаме, но сметам дека е неопходно да ви напишам и да ве охрабрам да ја браните верата што еднаш засекогаш Бог им ја предаде на Своите верни следбеници.\n<sup>4</sup>Се вовлекоа меѓу вас безбожни луѓе, што ја извртуваат пораката за благонаклоноста на нашиот Бог, за да си го оправдаат сопствениот разврат. Тие не Го признаваат нашиот единствен Владетел и Господ Исус Христос. За нив во Светото писмо уште одамна е запишано дека ќе бидат осудени.\n3 Три примери за поука од минатото\n<sup>5</sup>Сакам да ве потсетам на тоа што вие веќе го знаете. Иако Господ го избави својот народ од Египет, сепак потоа ги уништи сите што немаа доверба во Бог.\n<sup>6</sup>Ангелите што не ги исполнуваа задолженијата што им беа дадени, туку ги напуштија своите места, Тој ги окова во вечни вериги, и ги чува во мрак, сѐ до големиот Суден ден.\n<sup>7</sup>Содом и Гомора, заедно со околните градови, се оддадоа на блуд и неприродни телесни страсти. Слично како и ангелите, и тие за казна беа предадени на вечен оган, за да им служат како предупредување на луѓето.\n4 Осуда на лажливите вероучители\n<sup>8</sup>На сличен начин и овие луѓе, вообразени мечтатели, од една страна си ги поганат сопствените тела, а од друга ја презираат врховната власт на Бог и ги навредуваат славните суштества.\n<sup>9</sup>Дури ни архангелот Михаел, кога се препираше со ѓаволот околу телото на Мојсеј, не се осмели да изнесе против него навредливо обвинение, туку рече: „Господ да те прекори!“\n<sup>10</sup>Овие луѓе го навредуваат она што не го разбираат. Тие знаат да го прават само она што е инстинктивно, како безумните животни. Тоа ќе ги уништи!\n<sup>11</sup>Тешко ним, зашто тргнаа по патот на Каин! Како Балаам, за пари сѐ ќе направат! Како и Корах ќе изгинат поради нивното бунтовништво.\n<sup>12</sup>Овие луѓе се црна дамка на вашите заеднички спомен-вечери. Се гоштаваат со вас без трошка страв. Само за себе се грижат. Тие се облаци што многу ветуваат, но дожд во нив нема. Тие се овошки без плодови во време на берба, двојно мртви, зашто и корењата им се извадени.\n<sup>13</sup>Тие се разбеснети морски бранови кои како пена ги исфрлаат на брегот своите срамни дела. Тие се ѕвезди заскитани, забревтани кон вечна и најцрна темнина.\n<sup>14</sup>За таквите луѓе пророкувал Енох, кој живеел во седмата генерација по Адам, кога рекол:\n: „Ете, доаѓа Господ\n: со десетици илјади Свои светии\n:<sup>15</sup>да им суди на сите,\n: да ги осуди безбожниците\n: за сите нивни зли дела,\n: што безбожно ги извршија,\n: за сите навредливи зборови\n: што ги изрекоа безбожните грешници\n: против Него.“\n<sup>16</sup>Тие се луѓе што негодуваат и постојано имаат поплаки, а се раководат само од сопствените телесни похоти. Постојано се фалат и им ласкаат на сите од кои можат да имаат некаква корист.\n5 Поттик за верност\n<sup>17</sup>Но вие, драги пријатели, помнете го сето она на што ве поучуваа апостолите на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>18</sup>Тие ви кажаа дека во последните времиња ќе има луѓе што ќе се подбиваат, ќе се раководат само од сопствените страсти и ќе прават безбожни нешта.\n<sup>19</sup>Тоа се луѓе што создаваат поделби меѓу вас. Живеат онака како што им наложуваат инстинктите, зашто во нив го нема Божјиот Дух.\n<sup>20</sup>Но вие, драги пријатели, продолжете да ги градите вашите животи врз темелите на нашата света вера. Молете се, водени од Светиот Дух.\n<sup>21</sup>Во очекување на вечниот живот што милостиво ќе ви го подари нашиот Господ Исус Христос, останете под закрилата на Божјата љубов.\n<sup>22</sup>Бидете милостиви спрема оние со непостојана вера.\n<sup>23</sup>Спасувајте луѓе, истргнувајќи ги од огнот. Спрема сите грешници покажете милост, внимавајќи и самите да не се заразите од нивните гревови.\n6 Славопој за Бог\n<sup>24</sup>А сега, на Оној што е способен да ве зачува од паѓање и Кој со голема радост ќе ве доведе во Неговата беспрекорна слава,\n<sup>25</sup>на единствениот Бог и наш Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, Нему Му припаѓаат славата, величественоста, власта и моќта уште пред почетокот на времето, и сега, и во сите времиња! Амин.", "subject": ["Библија (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D1%83%D0%B4%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 708, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7246", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Галатија (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, повикан да биде апостол не од луѓе, ниту со помош на луѓе, туку од Исус Христос и од Бог Таткото, Кој Го воскресна Исуса од мртвите.\n<sup>2</sup>Сите христијани што се со мене, се придружуваат кон ова писмо што го упатуваме до црквите во Галатија.\n<sup>3</sup>Бог, Кој е наш Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.\n<sup>4</sup>Христос ја исполни волјата на Бог, нашиот Татко и доброволно се предаде како жртва за нашите гревови, за да нѐ спаси од овој зол свет во кој живееме.\n<sup>5</sup>Затоа Нему Му припаѓа сета слава за вечни времиња. Амин!\n2 Постои само една Радосна вест\n<sup>6</sup>Не можам да се изначудам како толку брзо се одметнавте од Бог, Кој поради својата љубов и милост спрема вас ве покани да станете сонаследници на Христовите заслуги. Се свртевте кон друга Радосна вест.\n<sup>7</sup>А друга Радосна вест не постои. Некои луѓе сакаат да ве збунат, изопачувајќи ја Радосната вест за Христос.\n<sup>8</sup>Проклет да биде секој што ќе ви проповеда Радосна вест поинаква од онаа што ви ја проповедавме ние, па макар да е тоа и некој од нас или да е ангел од небото!\n<sup>9</sup>Веќе кажав, но пак ќе повторам: проклет да биде секој што ќе ви проповеда Радосна вест поинаква од онаа што ја примивте!\n<sup>10</sup>Дали јас се обидувам да им угодам на луѓето и ним да им се умилкувам? Мене ми е важно Бог да го одобрува тоа што го проповедам. Да ми беа важни луѓето, немаше да станам службеник на Христос!\n3 Изворот на Радосната вест\n<sup>11</sup>Сакам да знаете, драги пријатели, дека Радосната вест што јас ви ја проповедав не потекнува од човек,\n<sup>12</sup>зашто јас не ја чув од човек, ниту за неа некој ми раскажа, туку ја добив преку откровение директно од Исус Христос.\n<sup>13</sup>Вие сигурно сте слушнале каков бев јас додека ѝ припаѓав на еврејската религија. Безмилосно ја прогонував Божјата црква и се обидував да ја уништам.\n<sup>14</sup>Јас во еврејската религија напредував многу повеќе од повеќето мои современици и сонародници и бев многу поревносен во спроведувањето на обичаите на моите предци.\n<sup>15</sup>Но Бог ме одбра уште од утробата на мојата мајка и ме повика, поради Својата благонаклоност што јас не ја заслужувам.\n<sup>16</sup>Реши да ми Го открие Својот Син, за да проповедам за Него меѓу нееврејските народи. За таа задача јас не барав совети од луѓе, суштества од крв и месо.\n<sup>17</sup>Не отидов во Ерусалим кај оние што уште пред мене беа апостоли, туку веднаш заминав за Арабија, а подоцна повторно се вратив во Дамаск.\n<sup>18</sup>Дури по три години отидов во Ерусалим, да се запознаам со Петар и со него останав петнаесет дена.\n<sup>19</sup>Со другите апостоли, освен со Јаков, братот Господов, не се ни сретнав.\n<sup>20</sup>Бог ми е сведок дека ова што ви го пишувам не е лага, туку е вистина.\n<sup>21</sup>Потоа заминав за Сирија и Киликија.\n<sup>22</sup>Христијаните во Јудеја сѐ уште не ме познаваа лично,\n<sup>23</sup>туку само беа слушнале дека „оној што ги прогонуваше, сега и самиот ја проповеда верата што сакаше да ја уништи“.\n<sup>24</sup>И го славеа Бог заради тоа што го направи со мене.\n= Глава 2 =\n4 Апостолите одобруваат\n<sup>1</sup>По четиринаесет години, повторно, отидов во Ерусалим, заедно со Барнава, а со себе го поведов и Тит.\n<sup>2</sup>Отидов затоа што Бог, преку откровение, така ми нареди. На еден затворен состанок, на кој присуствуваа само поистакнатите водачи на црквата, јас им објаснив како ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи. Сакав да се уверам дека тоа што го правам и што го правев не е погрешно.\n<sup>3</sup>Тие нѐ поддржаа, па ни Тит, кој беше со мене, иако е Грк, не го натераа да се обреже,\n<sup>4</sup>иако некои таканаречени „христијани“ се обидуваа. Тие подмолно се вовлекоа во нашите редови за да извидат каква слобода ние имаме преку верата во Исус Христос, па потоа да можат да ни ја одземат таа слобода и да нѐ претворат во робови на јудаизмот.\n<sup>5</sup>Ни за момент не им дозволивме да нѐ надвладеат, за да може вистинската Радосна вест да биде зачувана и за вас.\n<sup>6</sup>Оние што се сметаа за поистакнати (велам се сметаа, зашто за мене тоа воопшто не е важно; Бог не суди според надворешноста), тие поистакнати луѓе не додадоа ништо кон она што јас го говорев.\n<sup>7</sup>Напротив, тие сфатија дека Бог ми довери да ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи, исто како што на Петар му довери да ја проповеда меѓу Евреите.\n<sup>8</sup>Бог, Кој работи преку Петар, испраќајќи го да биде апостол меѓу Евреите, сега работи и преку мене, со тоа што ме испрати кај другите народи.\n<sup>9</sup>Кога Јаков, Петар и Јован, кои се сметаа за столбови на црквата, сфатија дека Бог е благонаклонет спрема мене, се ракуваа со мене и со Барнава во знак на пријателство, согласувајќи се ние да работиме меѓу нееврејските народи, а тие меѓу Евреите.\n<sup>10</sup>Единствено од мене бараа да не ги забораваме сиромашните, за кои јас и досега ревносно се грижам.\n5 Павле го укорува Петар за дволичност\n<sup>11</sup>Но кога Петар дојде во Антиохија, јас бев принуден јавно да му се спротивставам, бидејќи заслужуваше да биде укорен!\n<sup>12</sup>Имено, пред да дојдат неколкумина пратеници на Јаков, тој слободно јадеше со христијани од нееврејско потекло. Но кога овие дојдоа, се повлече и се одвои од неевреите, плашејќи се да не биде осуден од новодојдените браќа Евреи!\n<sup>13</sup>Во тоа лицемерство му се придружија и другите Евреи христијани, па дури и Барнава го вовлекоа во тоа лицемерство!\n<sup>14</sup>Кога видов дека не постапуваат правилно и во согласност со вистинската Радосна вест, јас пред сите му реков на Петар: „Ти, иако си Евреин, се откажа од еврејските закони и живееш како неевреин. Како можеш сега да ги тераш оние што не се Евреи да живеат според еврејските правила!?\n<sup>15</sup>Јас и ти по раѓање сме Евреи, а не „погани неевреи“.\n<sup>16</sup>Па сепак знаеме дека човек не се помирува со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, туку преку вера во Исус Христос. Затоа и поверувавме во Исус Христос, за да бидеме прифатени од Бог преку вера во Христос, а не преку придржување кон Мојсеевиот Закон. Никој нема да се спаси придржувајќи се до Мојсеевиот Закон.“\n<sup>17</sup>Кога ние, Евреите, почнавме да бараме помирување со Бог преку вера во Христос, сфативме дека и ние сме грешници. Дали тоа значи дека Христос нѐ направи грешници? Се разбира, не!\n<sup>18</sup>Ако јас урнам нешто, а потоа се обидувам повторно да го изградам, ќе испадне дека сум згрешил што сум го урнал!\n<sup>19</sup>Кога се обидов да се придржувам до Мојсеевиот Закон, сфатив дека на тој начин никогаш нема да станам прифатлив за Бог. Затоа јас умрев за Законот, за да можам да живеам за Бог. Јас бев распнат со Христос,\n<sup>20</sup>и веќе не сум јас тој што живее во моето тело. Во мене Христос живее. Животот што сега го живеам, го живеам преку вера во Божјиот Син, Кој ја искажа Својата љубов спрема мене со тоа што го даде Својот живот за мене.\n<sup>21</sup>Јас не можам да гледам како се омаловажува Божјата благонаклоност спрема нас! Зашто, да можевме да се спасиме со придржување кон Мојсеевиот Закон, тогаш немаше потреба Христос да се жртвува!\n= Глава 3 =\n6 Верата во Христос наспроти Законот\n<sup>1</sup>О неразумни Галаќани! Кој ве маѓепса!? Пред ваши очи имавте толку јасна претстава за Исус Христос распнат на крстот.\n<sup>2</sup>Едно сакам да ми кажете: дали го примивте Светиот Дух преку придржување кон Мојсеевиот Закон, или така што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?\n<sup>3</sup>Како можете да бидете толку неразумни!? Започнавте со духовното, а сега сакате да станете совршени преку телесното!\n<sup>4</sup>Толку многу претрпевте, а попусто! Зарем попусто страдавте!?\n<sup>5</sup>Дали Бог ви Го даде Светиот Дух и изврши силни дела меѓу вас поради тоа што го спроведувавте Мојсеевиот Закон или поради тоа што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?\n<sup>6</sup>Така беше и со Авраам. Тој поверува и верата му се припиша како праведност.\n<sup>7</sup>Треба да ви биде јасно дека оние што Му веруваат на Бог се вистинските потомци на Авраам.\n<sup>8</sup>Светото писмо претскажа дека Бог ќе ги прифати сите народи врз основа на нивната вера во вистинскиот Бог. Тоа беше во оној дел кога Бог на Авраам му ја објави Радосната вест, велејќи му: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи.“\n<sup>9</sup>Тоа значи дека секој што ќе поверува во Христос ќе биде благословен, исто како што Авраам беше благословен бидејќи Му поверува на Бог.\n<sup>10</sup>Сите оние што се надеваат дека ќе се спасат преку придржување кон Мојсеевиот Закон живеат под проклетство! Светото писмо вели: „Проклет да е секој што не исполнува сѐ што е запишано во книгата на Законот.“\n<sup>11</sup>А дека никој не може да се оправда пред Бога преку придржување кон Мојсеевиот Закон јасно се гледа од она што го вели Светото писмо: „Праведникот добива живот преку вера.“\n<sup>12</sup>Законот не се засновува врз верата. Напротив, во него се вели: „Ако сакаш да добиеш живот преку придржување кон Мојсеевиот Закон, ќе мораш да се придржуваш до сите негови заповеди.“\n<sup>13</sup>Христос нѐ ослободи од проклетството на Законот, така што, наместо ние, Тој ги поднесе последиците на проклетството. Во Светото писмо е запишано: „Проклет е секој што е обесен на дрво.“\n<sup>14</sup>Така ветувањето што Бог му го даде на Авраам сега може преку Исус Христос да се исполни и сите народи да добијат благослов. Тоа ветување е дека ќе го примат Светиот Дух, врз основа на верата во Христос.\n7 Природата и целите на Мојсеевиот Закон\n<sup>15</sup>Драги пријатели христијани, да ви дадам еден пример од секојдневноста. Ако двајца луѓе склучат договор, никој од нив не може ниту да отстапи од него, ниту пак нешто да додаде кон него.\n<sup>16</sup>Ветувањето му беше дадено на Авраам и на неговиот Потомок. Светото писмо не вели „на твоите потомци“, како да се повеќемина, туку вели: „на твојот Потомок“, а тоа е Христос.\n<sup>17</sup>Сакам да кажам дека Мојсеевиот Закон не може да го промени или поништи ветувањето што Бог го даде четиристотини и триесет години пред да Му биде даден Законот на Мојсеј.\n<sup>18</sup>Ако добивањето на наследството зависи од придржувањето кон Мојсеевиот Закон, тогаш Божјото ветување не би играло никаква улога, а знаеме дека Бог му подари на Авраам наследство врз основа на Своето ветување.\n<sup>19</sup>Тогаш зошто постои Мојсеевиот Закон? Тој им беше даден на луѓето за да сфатат дека се грешни. Тој беше на сцена сѐ додека не дојде Потомокот за Кого беше дадено ветувањето. Постои уште една разлика. Ангелите му го дадоа Законот на Мојсеј, а тој им го пренесе на луѓето.\n<sup>20</sup>Посредник е потребен кога има две страни, а при ветувањето дадено на Авраам, Бог дејствуваше самостојно.\n<sup>21</sup>Тогаш, дали Законот е во спротивност со Божјото ветување? Никако! Ако Мојсеевиот Закон можеше да ни даде живот, тогаш луѓето ќе се помируваа со Бог со придржување кон Законот.\n<sup>22</sup>Светото писмо, меѓутоа, вели дека сите сме заробеници на гревот, па единствениот начин да го добиеме она што Бог го вети е преку вера во Исус Христос.\n<sup>23</sup>Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот нѐ чуваше како затвореници, под свој надзор.\n8 Божји деца преку вера\n<sup>24</sup>Така Законот ни беше воспитувач што нѐ водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера.\n<sup>25</sup>Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.\n<sup>26</sup>Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос.\n<sup>27</sup>Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос.\n<sup>28</sup>Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк, за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос.\n<sup>29</sup>Ако Му припаѓате на Христос, тогаш вие сте вистинските потомци на Авраам и вие ќе го добиете она што Бог му го вети.\n= Глава 4 =<sup>1</sup>Но, сѐ додека наследникот е малолетен не се разликува многу од роб, иако тој е сопственик на сѐ.\n<sup>2</sup>Старатели го чуваат и застапници ги водат работите во негово име, сѐ додека не дојде времето што го определил неговиот татко.\n<sup>3</sup>Така е и со нас. Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили.\n<sup>4</sup>Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син. Тој се роди од жена и живееше под Законот.\n<sup>5</sup>Бог го испрати Христос за да нѐ ослободи од Законот и, преку посвојување, да нѐ направи Божји деца.\n<sup>6</sup>За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во вашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Ава“, односно со „Татко“.\n<sup>7</sup>Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите сѐ што е Божјо.\n9 Апостол Павле е загрижен за Галаќаните\n<sup>8</sup>Порано, не познавајќи Го Бог, вие им робувавте на „богови“ кои по својата природа не се богови.\n<sup>9</sup>Сега Го познавате Бог, или поточно Бог, познавајќи ве вас, ве одбра да Го запознаете. Како тогаш можете пак да им се враќате на тие слаби и бедни световни сили!? Зошто сакате повторно да станете нивни робови?\n<sup>10</sup>Почнавте да славите одредени денови, месеци, годишни времиња и години.\n<sup>11</sup>Страхувам за вас! Се плашам дека попусто се трудев околу вас.\n<sup>12</sup>Драги пријатели христијани, ве молам, бидете како мене - ослободени од тие работи, како што и јас станав како вас, неевреите - ослободен од Мојсеевиот Закон.\nКога бев кај вас вие со ништо не ме повредивте.\n<sup>13</sup>Се сеќавате дека бев болен кога првпат ви ја проповедав Радосната вест.\n<sup>14</sup>Иако мојата телесна слабост можеше да биде големо соблазнување за вас, вие не ме презревте, ниту пак одбивте да ме слушате, туку ме примивте како да сум Божји ангел, како да сум Самиот Исус Христос.\n<sup>15</sup>Каде е сега вашето воодушевување? Тогаш да можевте и сопствените очи ќе си ги ископавте и ќе ми ги дадевте!\n<sup>16</sup>Зарем ви станав непријател затоа што ви ја кажувам вистината?\n<sup>17</sup>Тие лажни учители ве опсипуваат со внимание, но нивните побуди не се добронамерни! Сакаат да ве одвојат од мене и да ве придобијат за себе.\n<sup>18</sup>Треба постојано да бидете ревносни за доброто, а не само додека сум јас кај вас.\n<sup>19</sup>Деца мои, повторно минувам низ породилни болки заради вас, и тоа ќе трае сѐ додека да се создаде Христова природа во вас.\n<sup>20</sup>Колку би сакал токму сега да сум со вас и да ви се обратам со поинаков тон, зашто вашата состојба навистина ме збунува!\n10 Двата сина на Авраам\n<sup>21</sup>Слушнете ме сега вие што сакате да се придржувате кон Мојсеевиот Закон: Знаете ли што, всушност, кажува тој Закон?\n<sup>22</sup>Во Светото писмо пишува дека Авраам имаше два сина: еден од робинка и еден од слободна жена.\n<sup>23</sup>Синот од робинката беше роден во обид човекот да ги оствари Божјите ветувања, а синот од слободната жена се роди така што Бог го исполни Своето ветување.\n<sup>24</sup>Се работи за алегорија. Овие две жени преку кои се родија Исмаил и Исак претставуваат два завета. Првиот, претставен преку Агара, е Законот даден на планината Синај, кој ги поробува луѓето.\n<sup>25</sup>Агара ја претставува планината Синај во Арабија и ја прикажува сегашната состојба на Ерусалим, кој живее во ропство, заедно со сите свои жители.\n<sup>26</sup>Сара го претставува небесниот Ерусалим. Таа не беше робинка, туку слободна. Таа е нашата мајка.\n<sup>27</sup>Светото писмо за неа вели:\n=П „Радувај се жено неротко, =П ти што деца не си раѓала, =П излези и викај од радост =П ти што не си видела породилни маки, =П зашто повеќе деца ќе има неротката, =П од жената што има маж.“\n<sup>28</sup>Вие, драги христијани, исто како и Исак, сте деца родени по ветување.\n<sup>29</sup>Во тоа време детето родено од робинката го прогонуваше детето што беше родено по ветување. Така е и сега: телесните луѓе нѐ прогонуваат нас, родените од Светиот Дух.\n<sup>30</sup>Но, еве што вели Светото писмо: „Избркај ги робинката и нејзиниот син! Синот на робинката нема да биде сонаследник со синот на слободната. Синот на слободната жена ќе добие сѐ.“\n<sup>31</sup>Значи, драги христијани, ние не сме деца на робинката, туку на слободната жена.\n= Глава 5 =\n11 Предноста и одговорноста на христијанската слобода\n<sup>1</sup>Значи, ние сме слободни! Христос нѐ ослободи. Држете се цврсто до таа слобода и не дозволувајте повторно да ви го стават јаремот на ропството, односно Мојсеевиот Закон.\n<sup>2</sup>Слушнете ме сега! Јас, Павле, ви тврдам дека ако се надевате преку обрежувањето да се спасите, тогаш Христос не може да ви помогне.\n<sup>3</sup>Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон.\n<sup>4</sup>Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност.\n<sup>5</sup>А ние, христијаните, со нетрпение очекуваме да бидеме оправдани, но преку Светиот Дух и преку вера.\n<sup>6</sup>За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не. Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.\n<sup>7</sup>Добро напредувавте. Кој ве спречи да продолжите да ја следите вистината?\n<sup>8</sup>Тоа сигурно не е Бог, зашто Тој ве избра.\n<sup>9</sup>Малку квасец треба за да скисне целото тесто!\n<sup>10</sup>Јас сепак верувам дека Господ ќе ве одржи за да не отстапите од вистината, а оние што ве збунуваат, кои и да се, ќе си ја добијат заслужената казна.\n<sup>11</sup>Што се однесува до обвинувањата против мене, драги пријатели христијани, дека јас сѐ уште проповедам оти обрежувањето е неопходно, зошто тогаш Евреите ме прогонуваат? Да е така, она што јас го проповедам за Христовиот крст не би претставувало камен на сопнување за нив.\n<sup>12</sup>Би сакал оние што ве збунуваат терајќи ве да се обрежете, да не застанат на обрежувањето, туку самите себе и да се кастрираат!\n<sup>13</sup>Што се однесува до вас, драги пријатели христијани, вие сте избрани да живеете во слобода. Немојте, меѓутоа, таа слобода да ви биде изговор за да дозволите телесното да завладее со вас. Напротив, со љубов служете си еден на друг.\n<sup>14</sup>Зашто, целиот Закон може да се сведе само на една заповед: „Сакај го својот ближен како што се сакаш себеси.“\n<sup>15</sup>Но, ако наместо да се сакате, се гризете и се растргнувате како диви ѕверови, внимавајте, сосема да не се уништите!\n12 Да се живее со помош на Светиот Дух\n<sup>16</sup>Сакам да ви го кажам следново: дозволете Светиот Дух да ве раководи и нема да им подлегнувате на грешните телесни похоти.\n<sup>17</sup>Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти. Овие две сили се борат една против друга. Тоа значи дека нема да можете да правите сѐ што ќе посакате.\n<sup>18</sup>Но ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот.\n<sup>19</sup>Плодовите на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат,\n<sup>20</sup>идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси,\n<sup>21</sup>завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив. Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство.\n<sup>22</sup>Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност,\n<sup>23</sup>кроткост и самоконтрола. Не постои закон што е против вакви нешта.\n<sup>24</sup>Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти.\n<sup>25</sup>Ако Светиот Дух ни дал живот, тогаш треба да живееме согласно Неговото водство.\n<sup>26</sup>Не смееме да бидеме самобендисани, да се провоцираме еден со друг или да си завидуваме.\n= Глава 6 =\n13 Што ќе посееме, тоа ќе ожнееме\n<sup>1</sup>Драги пријатели христијани, ако некој од вас заглиби во некаков грев, вие што сте подуховни треба да му помогнете да се извлече, но внимателно, чувајќи се и вие да не бидете завлечени.\n<sup>2</sup>Помагајте си еден со друг кога имате проблеми. На тој начин ќе го извршувате Христовиот Закон.\n<sup>3</sup>Ако некој мисли дека е премногу важен за да им помага на другите, самиот се залажува. Со тоа само покажува дека е никој и ништо.\n<sup>4</sup>Секој треба да си ги проценува сопствените постигања, без да се споредува со други луѓе. Ако некоја работа е добро извршена, тоа треба да биде за лично задоволство, а не за да се фали пред другите.\n<sup>5</sup>Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.\n<sup>6</sup>Оние што присуствуваат на поуки од Светото Писмо, нека ги делат сите свои добра со учителот што ги поучува.\n<sup>7</sup>Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ! Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее!\n<sup>8</sup>Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот.\n<sup>9</sup>Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното.\n<sup>10</sup>Затоа, секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.\n14 Завршни совети\n<sup>11</sup>Гледате со колкави големи букви ви пишувам кога пишувам со сопствена рака!\n<sup>12</sup>Оние што се обидуваат да ве натераат да се обрежете го прават тоа само за да не бидат прогонувани поради проповедање дека спасението доаѓа само преку вера во Христовата жртва на крстот.\n<sup>13</sup>Зашто ни самите тие, иако се обрежани, не се придржуваат кон целиот Закон. Тие сакаат да ве натераат да се обрежете, само за да се фалат дека ве придобиле.\n<sup>14</sup>Што се однесува до мене, да не даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со придобивките од крстот на нашиот Господ Исус Христос. Поради тој крст, умре во мене интересот за овој свет, а умре и интересот на овој свет за мене.\n<sup>15</sup>Не е важно дали е човек обрежан или не. Важно е да се промениме, да станеме нови луѓе.\n<sup>16</sup>На сите што ќе се придржуваат кон ова правило им посакувам мир и милост од Господ. Тие се новиот Божји народ.\n<sup>17</sup>Отсега натаму никој нека не ми додева со вакви обвинувања, зашто јас на сопственото тело носам лузни што покажуваат дека Му припаѓам на Христос.\n<sup>18</sup>Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет, и духовно нека биде со вас, драги мои. Амин.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 3613, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7258", "title": "Второ писмо од апостол Петар (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Симеон Петар, слуга и апостол на Исус Христос,\nдо оние што ја имаат истата скапоцена вера што ја имаме и ние, вера што ни беше дадена преку праведноста на Исус Христос, нашиот Бог и Спасител.\n<sup>2</sup>Ви посакувам сѐ подобро да го запознавате Исус, нашиот Бог и Господ, а преку тоа Бог да ви биде сѐ поблагонаклонет и во изобилие да ви дава мир.\n2 Божјиот повик на свет живот\n<sup>3</sup>Запознавајќи го Христос, Неговата божествена сила ни подарува сѐ што ни е потребно за да живееме побожен живот. Тој нѐ повика да ги примиме Неговата слава и добрина.\n<sup>4</sup>Бог ни даде големи и скапоцени ветувања преку кои и вие можете да добиете божествена природа. Со неа ќе можете да им се противставите на вашите грешни страсти и да го избегнете погубното влијание на овој свет.\n<sup>5</sup>Затоа со сите сили потрудете се да ја унапредите својата вера. Додајте ѝ добрина, на добрината додајте ѝ знаење,\n<sup>6</sup>на знаењето додајте му самоконтрола, на самоконтролата додајте ѝ трпеливост, на трпеливоста додајте ѝ побожност,\n<sup>7</sup>на побожноста дојдајте ѝ љубов спрема сите христијани, а кон сето тоа додајте несебична љубов спрема секого.\n<sup>8</sup>Ако ги имате ваквите доблести во изобилие, ќе покажете дека вашето познавање на нашиот Господ Исус Христос ве има направено корисни и плодоносни.\n<sup>9</sup>Кој ги нема овие доблести, тој е слеп, или кратаковид, и заборавил дека Бог го исчисти од неговите стари гревови.\n<sup>10</sup>Затоа, драги пријатели христијани, потрудете се да покажете дека Бог навистина ве повикал и ве одбрал. Правејќи го ова, никогаш нема да се сопнете и да паднете.\n<sup>11</sup>Тогаш Бог широко ќе ги отвори портите на небото за да влезете во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.\n<sup>12</sup>Знам дека вие веќе сега сте цврсто втемелени во вистината и добро ги знаете овие нешта, но сепак јас секогаш ќе настојувам да ве потсетувам.\n<sup>13</sup>Сѐ додека сум во овој шатор, моето смртно тело, сметам дека ми е должност да ве потсетувам.\n<sup>14</sup>Нашиот Господ Исус Христос ми покажа дека моите денови овде на земјата се изброени и јас брзо ќе го напуштам овој шатор.\n<sup>15</sup>Затоа ќе направам сѐ што зависи од мене, за и после моето заминување вие да ги помните овие нешта.\n3 Веродостојноста на Божјите објави\n<sup>16</sup>Кога ви кажувавме за силата на нашиот Господ Исус Христос и за Неговото повторно доаѓање, ние не се служевме со лукаво смислени прикаски! Ние со свои очи ја видовме Неговата величественост!\n<sup>17</sup>Прими чест и слава од Бог Таткото кога Божјиот славен, величествен глас се спушти од небото кон Него:\n=П „Ова е Мојот Син, Мојот љубимец, =П Со Него сум целосно задоволен.“\n<sup>18</sup>Кога се случи тоа ние бевме таму, на светата гора, заедно со Исус и го слушнавме тој глас од небото.\n<sup>19</sup>Тоа уште повеќе нѐ разувери во вистинитоста на она што го претскажуваа пророците. Затоа, добро ќе сторите ако на нивните пораки гледате како на светило што свети во темнината, сѐ додека не осамне денот кога Христос, ѕвездата Деница, ќе заблеска во вашите срца.\n<sup>20</sup>Пред сѐ треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е нечија самоволна објава,\n<sup>21</sup>затоа што пророштвата никогаш не биле дадени по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог.\n= Глава 2 =\n4 Лажните вероучители и Божјата осуда\n<sup>1</sup>Но имаше и лажни пророци меѓу Израелците, како што и меѓу вас ќе има и лажни вероучители. Тие подмолно ќе воведуваат погубни ереси, свртувајќи се дури и против Господарот што ги откупи. Така тие брзо ќе навлечат врз себе уништување.\n<sup>2</sup>Многумина ќе тргнат по нивните срамни патишта и заради нив лошо ќе се зборува за Патот на вистината.\n<sup>3</sup>Поради алчност ќе измислуваат разни прикаски, само за да извлечат од вас материјална корист. Но Бог уште одамна им пресудил на таквите. Уништувањето нив будно ги чека.\n<sup>4</sup>Зашто Бог не ги поштеди ни ангелите што згрешија, туку ги предаде во оковите на мракот, ги фрли во пеколот, за да бидат таму чувани сѐ до Судниот ден.\n<sup>5</sup>Не го поштеди ни древниот свет, туку пушти потоп и ги уништи безбожниците. Го сочува само Ное, кој проповедаше праведност, и неговото седумчлено семејство.\n<sup>6</sup>Градовите Содом и Гомора во прав и пепел ги претвори! Им пресуди и ги разори на страотен начин, како пример за сите што сакаат да бидат безбожни.\n<sup>7</sup>Но Лот беше праведен и се згрозуваше од развратот на тие изопачени луѓе. Затоа Бог него го избави.\n<sup>8</sup>Тој беше праведен човек и за него беше душевно измачување да живее со Содомјаните и секојдневно да ги гледа и слуша како прават секакви зла.\n<sup>9</sup>Бог знае како да ги избави побожните луѓе од нивните неволи, а неправедните ги казнува уште додека го очекуваат Судниот ден.\n<sup>10</sup>Тоа посебно се однесува на оние што се раководат од телото и грешните страсти и го презираат Божјиот авторитет. Во нивната дрскост тие луѓе немаат никаква почит спрема славните небесни суштества, туку се осмелуваат дури и да ги навредуваат!\n<sup>11</sup>Дури ни ангелите, иако се многу посилни и помоќни од нив, не изнесуваат пред Господ такви навредливи обвиненија против нив.\n<sup>12</sup>Таквите луѓе се како неразумни животни, кои се определени за да бидат ловени и убивани. Се потсмеваат на нешта што не ги разбираат. Затоа и ќе загинат како животни.\n<sup>13</sup>Ќе страдаат како казна за сите страдања што ги предизвикале. За нив претставува уживање среде бел ден да се препуштат на разврат. Кога јадат и пијат со вас, тие се дамки на вашиот углед и само ве осрамотуваат, затоа што тоа го прават од нечисти мотиви.\n<sup>14</sup>Очите им се полни со прељуби. Нивната желба за грев е незаситна. Ги заведуваат неутврдените луѓе, а срцата им се навикнати на алчност. Тоа се проколнати луѓе!\n<sup>15</sup>Оставајќи го правиот пат, тие заталкаа. Се поведоа по примерот на пророкот Балаам, синот на Беор, кој за пари беше спремен да постапува неправично.\n<sup>16</sup>Но тој беше прекорен за својот престап. Неговото магаре, немо животно, проговори со човечки глас и го натера да прекине со тие неразумни постапки.\n<sup>17</sup>Таквите луѓе се како пресушени извори, како облаци разнесени од ветрот. За нив е обезбедено место во најцрната темнина.\n<sup>18</sup>Устите им се полни со празни фалби. Со своите незауздани телесни похоти, тие ги заведуваат луѓето кои одвај се истргнеле од живеење во заблуди.\n<sup>19</sup>Им ветуваат слобода, а самите се робови на корупција, зашто човек му робува на она што не може да го заузда.\n<sup>20</sup>Ако кога дознаа за нашиот Господ и Спасител Исус Христос тие навистина се оттргнаа од валканите навики на овој свет и сега пак се вплеткуваат во стапицата на развратноста и претрпуваат пораз, тогаш нивната сегашна состојба е полоша од онаа на почетокот!\n<sup>21</sup>Подобро ќе беше да не го запознаеја патот на праведноста, отколку, откако го запознаа, да ѝ свртат грб на светата заповед што им беше дадена!\n<sup>22</sup>Ним им се случи она што го кажуваат поговорките:\n=П\n<Песот се враќа на сопствената блујавица.“\nи\n=П\n<Откако се искапила, свињата во калта се вратила!“\n= Глава 3 =\n5 Господ ќе се врати!\n<sup>1</sup>Драги мои, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, за да ви ги освежам сеќавањата и да ве поттикнам искрено да расудувате.\n<sup>2</sup>Потсетувајте се на зборовите што ги кажуваа светите пророци и на заповедите на нашиот Господ и Спасител, дадени преку апостолите.\n<sup>3</sup>Прво, треба да знаете дека во последните денови ќе дојдат луѓе што ќе ѝ се подбиваат на вистината, ќе се раководат од своите грешни страсти\n<sup>4</sup>и ќе велат: „Што се случи со ветувањето дека Христос ќе се врати? Нашите предци одамна изумреа, а во светот сѐ си тече онака како што било уште од неговото создавање!“\n<sup>5</sup>Тие како да забораваат дека небесата постојат веќе многу долго време, и дека преку Божјата заповед Земјата излезе од вода, останувајќи опкружена со вода.\n<sup>6</sup>На Божја заповед светот потоа беше поплавен од водите и беше уништен.\n<sup>7</sup>На Божја заповед сегашните небо и Земја се чуваат сѐ до Судниот ден. Тогаш оган ќе ги проголта, а безбожниците ќе бидат уништени.\n<sup>8</sup>Драги мои, една работа да не заборавате: за Господ еден ден е како илјада години и илјада години се како еден ден.\n<sup>9</sup>Господ не одолговлекува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси.\n<sup>10</sup>Денот кога Господ ќе се врати, ќе ве изненади како крадец. Небесата ненадејно ќе исчезнат со силна бучава. Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земајта и сите остварувања на неа, ќе исчезнат.\n<sup>11</sup>Кога знате дека сето ова ќе пропадне, како треба да се однесувате? Треба да водите свет живот, посветен на Бог,\n<sup>12</sup>да го чекате и да го посакувате доаѓањето на тој Божји ден што поскоро. Тогаш небесата ќе бидат запалени и уништени, а елементарните состојки од жештина ќе се растопат.\n<sup>13</sup>Но за нас Бог вети ново небо и нова Земја, каде што ќе владее праведност. Ова со нетрпение го очекуваме!\n<sup>14</sup>Очекувајќи го ова, пријатели мои, потрудете се Христос да ве затекне чисти, без пороци и помирени со Бог.\n<sup>15</sup>Ценете ја трпеливоста на нашиот Господ, бидејќи таа дава можност што повеќе луѓе да се спасат. За тоа ви пиша и нашиот сакан брат Павле, воден од мудроста што Бог му ја дал.\n<sup>16</sup>Тој за ова пишува во сите свои писма. Во тие писма има и работи што се тешки за разбирање, па некои неуки и неутврдени луѓе ги извртуваат, како што извртуваат и други делови од Светото писмо. Така самите ќе се уништат.\n<sup>17</sup>Но вие, драги мои, благовремено сте предупредени. Чувајте се да не застраните, да не бидете заведени од овие зли луѓе и да ја загубите сигурната позиција на која се наоѓате.\n<sup>18</sup>Трудете се да придобиете сѐ поголема благонаклоност од нашиот Господ и Спасител Исус Христос и сѐ подобро да Го запознавате.\nНему Му припаѓа славата и сега и во вечни времиња. Амин.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1602, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7254", "title": "Писмо од апостол Павле до Тит (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и вовед\n<sup>1</sup>Од Павле, Божји слуга и апостол на Исус Христос.\nЈас сум испратен да им донесам вера на оние што Бог ги одбра, за да ја запознаат вистината и да живеат побожно.\n<sup>2</sup>Таа произлегува од надежта дека ќе добиеме вечен живот, како што Бог уште одамна ни вети, а Тој не лаже.\n<sup>3</sup>Кога дојде вистинското време Бог, нашиот Спасител, ја објави Својата порака, ми ја довери и ми наложи да им ја проповедам на луѓето.\n<sup>4</sup>Пишувам до Тит кој, заради тоа што имаме иста вера, ми е како вистински син. Ти посакувам Бог, нашиот Татко и Исус Христос, нашиот Спасител, да ти бидат благонаклонети и да ти дадат мир.\n2 Квалификации за водач на црква\n<sup>5</sup>Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите. Како што ти наредив,\n<sup>6</sup>за да биде некој водач треба да биде без пороци, верен на својата сопруга, ако има деца, тие треба да имаа вера во Бог и да не ги бие глас дека се разуздани и непослушни.\n<sup>7</sup>Неопходно е оние што се надзорници во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка.\n<sup>8</sup>Тие треба да бидат гостољубиви, да го сакаат доброто, да бидат разумни, правични, побожни луѓе што умеат да се контролираат.\n<sup>9</sup>Мора да се придржуваат до правилното учење. Така ќе можат да им помогнат и на други луѓе, проповедајќи им здраво учење, и ќе можат да ги изнесат на виделина грешките на оние што му се противставуваат на правилното учење.\n3 За противниците\n<sup>10</sup>Има многу противници, особено од Евреите, кои се занимаваат со бескорисни расправии и ги мамат луѓето.\n<sup>11</sup>На таквите треба да им се затнат устите. Со своето погрешно учење тие цели семејства заведуваат, поучувајќи ги на она што не треба, а сѐ од лакомост за пари кои нечесно ги печалат.\n<sup>12</sup>Еден од нивните пророци, иако и самиот е од Крит, има кажано за нив:\n„Жителите на Крит се лажливци,\nзли ѕверови и мрзливи лапачи!“\n<sup>13</sup>Многу точно ги опишал! Сериозно да ги искараш, за да ѝ се вратат на здравата вера,\n<sup>14</sup>да не се раководат од еврејските митови и од заповедите воспоставени од луѓе кои ја изопачуваат вистината.\n<sup>15</sup>За оној што е во срцето чист, сѐ е чисто. За оние, пак, што се неверни, чии умови се валкани, чија совест е нечиста, за нив ништо не е чисто.\n<sup>16</sup>Тие тврдат дека Го знаат Бога, но со своите постапки го докажуваат спротивното. Одвратни се, непокорни и неспособни да направат барем нешто добро.\n= Глава 2 =\n4 Упатства за христијански начин на живеење\n<sup>1</sup>Ти поучувај го она што е во согласност со здравото учење.\n<sup>2</sup>Постарите луѓе советувај ги да бидат трезвени, сериозни и разумни. Тие треба да имаат непоколеблива вера, љубов и трпение.\n<sup>3</sup>Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на оние што веруваат во Господ. Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното. Тие треба да поучуваат на добро поведение,\n<sup>4</sup>да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата,\n<sup>5</sup>да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи. Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството.\n<sup>6</sup>Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.\n<sup>7</sup>Биди им пример со своето добро однесување. Кога поучуваш, биди сериозен и искрен.\n<sup>8</sup>Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.\n<sup>9</sup>Робовите во сѐ нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат.\n<sup>10</sup>Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.\n5 Божјата благонаклоност и нашиот одговор\n<sup>11</sup>Бог ни покажа колку ни е благонаклонет со тоа што дојде да ги спаси сите луѓе.\n<sup>12</sup>Нѐ поучи да се откажеме од безбожниот начин на живеење и од световните похоти, па да почнеме да живееме разумно, праведно и побожно,\n<sup>13</sup>очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос.\n<sup>14</sup>Тој се жртвуваше за нас, за да нѐ ослободи од секаков грев и да нѐ направи чисти. Тој сака ние да бидеме Негов народ и од сѐ срце да го правиме она што е добро.\n<sup>15</sup>Учи ги луѓето на ова, поттикнувај ги, и со целосен авторитет укорувај ги непослушните. Не дозволувај никој да го омаловажува тоа што го проповедаш.\n= Глава 3 =\n6 Однос спрема власта и луѓето\n<sup>1</sup>Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците, и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро.\n<sup>2</sup>За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите.\n<sup>3</sup>Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг.\n<sup>4</sup>Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку нѐ сака и колку ни е благонаклонет,\n<sup>5</sup>кога нѐ спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух нѐ изми, нѐ обнови и направи од нас нови суштества.\n<sup>6</sup>Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос.\n<sup>7</sup>Нѐ оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.\n<sup>8</sup>Ова е веродостојно учење. Те советувам уверливо да ги поучуваш луѓето, па оние што ќе поверуваат во Бог да се стремат кон добри дела, кон работи што ќе бидат полезни за сите луѓе.\n<sup>9</sup>Одбегнувај расправии околу глупави прашања, не препирај се околу родословијата и Мојсеевиот Закон. Од тоа нема никаква полза, само залудно ќе ги со губиш времето.\n<sup>10</sup>Оние што искривено ја проповедаат верата, предупреди ги еднаш, двапати, а потоа остави ги.\n<sup>11</sup>Знаеш дека тие се изопачени и со своите гревови самите си се осудиле.\n7 Завршни упатства и поздрави\n<sup>12</sup>Сакам да го испратам кај тебе Артема или Тихик. Кога еден од нив ќе пристигне, потруди се да дојдеш кај мене во Никополис, зашто имам намера таму да ја поминам зимата.\n<sup>13</sup>Кога правникот Зена и Аполос ќе решат да си заминат, погрижи се да ги снабдиш со сѐ што им е потребно за на пат.\n<sup>14</sup>Треба да ги учиме нашите луѓе да не седат со скрстени раце, туку вредно да работат, правејќи добри дела и за други луѓе, кои имаат итни потреби.\n<sup>15</sup>Те поздравуваат сите што се тука со мене.\nПоздрави ги сите што нѐ сакаат, оние со кои ја имаме истата вера.\nБог нека ви биде благонаклонет на сите.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A2%D0%B8%D1%82_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7179", "title": "Малахија (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Пророштво, збор од ГОСПОД за Израел, пренесено преку Малахија:\n<sup>2</sup><Ве сакав,“ - вели ГОСПОД - „а вие прашувате: >Како си нѐ сакал?' Зарем не му беше Есав брат на Јаков?“ - вели ГОСПОД - „Сепак, Јас Јаков го засакав,\n<sup>3</sup>а Есав го замразив и ги претворив планините негови во пустелија, а наследството негово им го препуштив на пустинските шакали.\n<sup>4</sup>Ете, Едом може ќе рече: >Уништени бевме, но ќе се вратиме и повторно ќе ги изградиме овие урнатини.'“ Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Тие можеби ќе градат, но Јас ќе уривам! И ќе ги наречат: >Земја на злото', луѓе против кои вечно ќе биде гневот ГОСПОДОВ.“\n<sup>5</sup>Ќе видат очите ваши и ќе речете: „Голем е ГОСПОД, дури и зад границите на Израел.“\n1 Срамни жртви\n<sup>6</sup><Синот го почитува својот татко, и слугата - господарот свој. Но, ако сум Јас ваш татко, каде е почитта кон Мене? Ако сум Јас Господар, каде е стравопочитта кон Мене?“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Вие свештеници, го презирате Моето име, а сепак прашувате: >Како сме го презреле Твоето име?'\n<sup>7</sup>Принесувате нечиста храна на Мојот жртвеникот, а прашувате: >Како сме Те оскверниле?' - велејќи: >Трпезата ГОСПОДОВА е за презир.'\n<sup>8</sup>Кога принесувате слепо животно за жртва, не е ли тоа погрешно?! Кога жртвувате сакато животно или болно, не е ли тоа погрешно?! Понуди му го тоа на својот управител! Ќе биде ли тој задоволен од тебе и ќе те прифати ли?“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>9</sup>Помолете Му се сега на ГОСПОД за да се смилува над нас. „Со тоа што ви е во рацете, ќе ве прифати ли?“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>10</sup><Камо некој од вас да ги затвори вратите, па да не палите оган на Мојот жртвеник напразно! Не сум задоволен од вас,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и жртва од ваша рака нема да прифатам!\n<sup>11</sup>Ете, од изгрејсонце, па сѐ до залезот, големо ќе биде името Мое меѓу народите и на секое место темјан ќе се принесува на името Мое, и жртва чиста, оти големо ќе биде името Мое меѓу народите.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>12</sup><Но вие го сквернавите велејќи: >Трпезата ГОСПОДОВА е осквернета. И таа и храната врз неа се за презир.'\n<sup>13</sup>Велите: >Колку тешко!', и шмркате гадливо.“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Кога носите повредено и сакато и болно, и ги принесувате како жртва, треба ли да ја прифатам од ваша рака?“ - вели ГОСПОД.\n<sup>14</sup><Проклет да биде оној кој лаже, и има во стадото негово машко, кој дал завет, но на Господ Му жртвува нешто со недостаток, оти Јас сум Цар голем,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и страшно е името Мое меѓу народите.“\n= Глава 2 =\n2 Предупредување за свештениците\n<sup>1</sup><А сега свештеници, за вас е ова предупредување:\n<sup>2</sup>Ако не послушате, ако не земете при срце да оддавате чест на Моето име,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе пратам врз вас проклетство и ќе ги проколнам благословите ваши. Да, ете веќе ги проколнав, оти не го зедовте тоа при срце.\n<sup>3</sup>Заради вас ќе ги прекорам вашите наследници. Ќе ви ги размачкам врз лицата мршите на вашите празнични жртви, и ќе бидете однесени заедно со нив.\n<sup>4</sup>Ќе дознаете тогаш дека Јас ви го упатив ова предупредување за да продолжи заветот Мој со Леви.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>5</sup><Заветот Мој со него беше за живот и мир. Му го дадов за да ме почитува, и навистина ме почитуваше. Пред Моето име во стравопочит стоеше.\n<sup>6</sup>Во устата негова имаше вистинска поука, и лага не се најде на усните негови. Во мир и праведност одеше со Мене и многумина одврати од грев.\n<sup>7</sup>Усните на свештеникот треба да го чуваат знаењето. Од устата негова луѓето поука треба да бараат, оти тој е гласник на ГОСПОД Семоќен.\n<sup>8</sup>Но вие скршнавте од патот, направивте многумина да се сопнуваат од законот, го прекршивте заветот со Леви.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>9</sup><Затоа ве направив презрени и понижени пред сите луѓе, затоа што не ги следевте Моите патишта, туку бевте пристрасни во применувањето на законот.“\n3 Јуда неверен\n<sup>10</sup>Немаме ли сите ние еден Татко? Не нѐ создаде ли сите нас еден Бог? Зошто сме тогаш неверни еден кон друг, сквернавејќи го така заветот на нашите татковци?\n<sup>11</sup>Јуда ја погази верата и одвратно нешто направи во Израел и во Ерусалим. Со тоа што се ожени со ќерка на туѓински бог, Јуда го оскверни омиленото светилиштето на ГОСПОД.\n<sup>12</sup>Нека го искорени ГОСПОД оној кој вака прави! Нека го извлече од шаторите на Јаков и нека одговара, и покрај тоа што Му принесува жртва на ГОСПОД Семоќен.\n<sup>13</sup>А и ова го правите: го поплавувате жртвеникот ГОСПОДОВ со солзи, плачејќи и липајќи, оти не им обрнува веќе внимание на жртвите и не ги прифаќа со задоволство од раката ваша.\n<sup>14</sup>Прашувате: >Зошто?'. Затоа што ГОСПОД беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост. Затоа што ја изневери, иако таа е придружничка твоја и жена со која си склопил завет.\n<sup>15</sup>Нели едно Бог ги направи и дух им вдахна. А зошто едно? Барајќи побожно потомство. Така вие чувајте се во духот свој, и жената на својата младост не изневерувајте ја.\n<sup>16</sup><Јас го мразам разводот,“ - вели ГОСПОД, Бог на Израел - „и го мразам оној кој со насилство се прекрива како со наметка.“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Затоа чувајте се во духот свој и не изневерувајте.“\n4 Судниот ден\n<sup>17</sup>Му досадивте на ГОСПОД со зборовите ваши. Прашувате: „Како сме му досадиле?“ Му досадивте велејќи: „Сите кои прават зло се добри во очите на ГОСПОД и со нив Тој е задоволен!“, или „Каде е Бог на правдата?“\n= Глава 3 =<sup>1</sup><Гледајте, ви испраќам Мој гласник и тој ќе приготви пат пред Мене. Тогаш ненадејно ќе дојде во Својот храм Господ, Оној Кого вие Го барате - Гласникот на заветот, Кого вие Го посакувате. Гледајте ете доаѓа.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>2</sup>Но кој ќе може да го издржи денот на Неговото доаѓање? Кој ќе остане исправен, кога Тој ќе се појави, оти Тој е како огнот на пречистителот, како сапунот на перачите?\n<sup>3</sup>И ќе седне пречистителот, оној кој пречистува сребро, ќе ги пречисти синовите на Леви. Ќе ги пречисти онака како што се пречистува златото и среброто. Тогаш ќе му припаѓаат на ГОСПОД и ќе бидат луѓе кои принесуваат жртва во праведност,\n<sup>4</sup>па ќе стане прифатлива за ГОСПОД жртвата на Јуда и на Ерусалим, исто како во изминатите денови и во поранешните години.\n<sup>5</sup><Така Јас ќе се приближам кон тебе за суд и ќе бидам сведок брз против бајачите и против оние што вршат прељуба, против оние кои се колнат лажно, против оние кои закинуваат плата од работник, вдовица и сирак, против оние кои се неправедни кон туѓинец и не се плашат од Мене.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n5 Ограбување на Бог\n<sup>6</sup><Ете Јас, ГОСПОД, не се менувам. Затоа вие, наследниците на Јаков, не сте уништени.\n<sup>7</sup>Уште од деновите на вашите предци им свртевте грб на Моите наредби и не се држевте до нив. Вратете се кај Мене и Јас ќе се вратам кај вас!“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Но вие прашувате: >Како да се вратиме?'\n<sup>8</sup>Ќе успее ли човек да го ограби Бог? Сепак, вие ме ограбувате! Прашувате: >Како Те ограбуваме?' Од десетокот и од приносите!\n<sup>9</sup>Под проклетство сте, проколнати, оти Мене Ме ограбувате - сите, целиот народ.\n<sup>10</sup>Донесете го целиот десеток во ризницата, та да има храна во Мојот дом! Ете испробајте Ме сега во ова!“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Нема ли да ги отворам ширум за вас браните на небесата и нема ли да излеам врз вас благослов, сѐ додека има место.\n<sup>11</sup>Ќе ве заштитам од штетници и нема да ги уништуваат плодовите на вашата земја. Вашите лозја по полето нема да го фрлаат својот плод пред време.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>12</sup><Тогаш сите народи ќе ве наречат благословени, оти вие ќе бидете земја која сите ја посакуваат.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>13</sup><Груби беа зборовите ваши против Мене,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „а дури уште прашувате: >Што сме кажале против Тебе?'\n<sup>14</sup>Рековте: >Бескорисно е да му се служи на Бог. Што корист имавме кога се држевме до Неговите заповеди и кога одевме во жалост пред ГОСПОД Семоќен.\n<sup>15</sup>Сега ние горделивите ги нарекуваме благословени. Оние кои прават зло сигурно напредуваат. Дури и Бог Го предизвикуваат и пак се извлекуваат.'“\n<sup>16</sup>Тогаш си прозбореа еден со друг оние кои имаат страв од ГОСПОД. И слушна ГОСПОД и чу, па беше напишан свитокот за потсетување, во присуство Негово, кој се однесува на оние кои имаат страв од ГОСПОД и оние кои му оддаваат чест на Неговото име.\n<sup>17</sup><Тие ќе бидат Мои,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „Мој внимателно чуван посед во денот што го подготвувам. И ќе ги поштедам како што човек го поштедува својот син кој му служи.\n<sup>18</sup>Тогаш повторно ќе ја видите разликата меѓу праведен и зол, меѓу оној кој Му служи на Бог и оној кој не Му служи.\n= Глава 4 =\n6 Денот ГОСПОДОВ\n<sup>1</sup>Тој ден сигурно ќе дојде, угорен како фурна. „Сите горделиви, сите што прават зло ќе бидат стрниште. Ќе ги запали нив денот што доаѓа,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „та да не остане од нив ни корен ни гранка.“\n<sup>2</sup>А за вас, кои го почитувате Моето име, ќе изгрее сонце на праведност со оздравување во крилјата. Па ќе излезете и ќе потскокнувате како телиња ослободени од обор.\n<sup>3</sup>Тогаш ќе ги прегазите злите, ќе бидат како пепел под стапалата ваши, на денот кога Јас ќе ги направам овие нешта.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>4</sup><Сетете се на законот на Мојот слуга Мојсеј, кој му го дадов на Хорев за целиот Израел - наредби и закони.\n<sup>5</sup>Гледајте, ви го праќам пророкот Илија, пред да дојде големиот и страшен ден ГОСПОДОВ.\n<sup>6</sup>И ќе го сврти Тој срцето на татковците кон децата и срцето на децата кон нивните татковци. Ако не стане така, Јас ќе дојдам и ќе ја нападнам земјата со проклетство.“", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1157, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7247", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Ефес (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, одбран од Бог да му биде апостол на Исус Христос, до Божјиот свет народ во Ефес, до верните следбеници на Исус Христос.\n<sup>2</sup>Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.\n2 Духовни благослови\n<sup>3</sup>Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков вид духовни благослови од небесните простори, бидејќи Му припаѓаме на Христос.\n<sup>4</sup>Поради Својата љубов спрема нас, уште пред светот да биде создаден, Бог нѐ одбра да бидеме Негов народ, преку вера во Христос, и да бидеме свети и без пороци во Неговите очи.\n<sup>5</sup>Неговиот план отсекогаш беше, преку Исус Христос, да нѐ посвои, да нѐ направи Негови деца. Тоа беше резултат на Неговата благонаклоност спрема нас.\n<sup>6</sup>Го славиме Бог заради таа прекрасна благонаклоност што ја излеа врз нас, бидејќи Му припаѓаме на Неговиот сакан Син.\n<sup>7</sup>Христос ја пролеа сопствената крв за да нѐ откупи. Сега гревовите ни се простени. Го стори тоа поради Својата неизмерна благонаклоност спрема нас,\n<sup>8</sup>излевајќи ја врз нас заедно со сета мудрост и разбирање.\n<sup>9</sup>Бог ни откри каква Му била намерата и ни го објасни тајниот план што веќе беше решил да го оствари преку Христос.\n<sup>10</sup>Планот што Бог ќе го доврши, кога за тоа ќе дојде време, е да собере сѐ заедно, и од небото и од земјата, и да го стави под власт на Христос.\n<sup>11</sup>Токму по заслуга на Христос и ние бевме избрани за наследници, однапред определени од Бог, Кој сѐ прави онака како што Самиот Тој ќе реши.\n<sup>12</sup>Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос.\n<sup>13</sup>И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.\n<sup>14</sup>Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог.\n3 Молитва за духовна мудрост\n<sup>15</sup>Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани\n<sup>16</sup>и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас.\n<sup>17</sup>Го молам Бог, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие сѐ за Себе, за да Го запознаете целосно.\n<sup>18</sup>Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ,\n<sup>19</sup>колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила\n<sup>20</sup>со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна.\n<sup>21</sup>Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.\n<sup>22</sup>Бог сѐ стави под власт на Христос и Го постави за Господар над сѐ, во полза на црквата,\n<sup>23</sup>Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува сѐ и насекаде.\n= Глава 2 =\n4 Оживеани со Христос\n<sup>1</sup>Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови.\n<sup>2</sup>Живеевте грешно, онака како што живее и останатиот свет. Му се покорувавте на ѓаволот, на оној што владее со силите во воздухот, на духот што и сега владее во оние што не Му се покоруваат на Бог.\n<sup>3</sup>Сите ние порано живеевме така. Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот. Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе.\n<sup>4</sup>Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас,\n<sup>5</sup>така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој нѐ врати во живот. Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме. Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува.\n<sup>6</sup>Значи, заедно со Исус Христос, Бог нѐ воскресна и нас, и ни даде место на небото, веднаш до Исус, затоа што сме во единство со Него.\n<sup>7</sup>Тоа го стори за да бидеме пример во времињата што доѓаат за Неговата огромна благонаклоност, што се покажа преку сето она што Тој го стори за нас, кои сме на страната на Исус Христос.\n<sup>8</sup>Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.\n<sup>9</sup>Никој не го заработил, па да може да се фали.\n<sup>10</sup>Ние сме Божјо совршено, врвно дело. Создадени сме преку Исус Христос, за да живееме живот исполнет со добри дела, што Бог уште одамна ги испланирал за нашите животи.\n5 Помирување и единство преку Христос\n<sup>11</sup>Затоа не заборавајте што бевте порано. Вие според раѓањето не сте Евреи. Оние што се обрежани, иако е тоа само телесно обрежување и извршено од човечка рака, со презир ве нарекуваа „необрежани “.\n<sup>12</sup>Тоа беше кога Го немавте Христос. Бевте туѓинци и не бевте дел од Божјиот народ. Немавте дел во заветот, во ветувањата што Бог му ги даде на Својот народ. Живеевте во овој свет без надеж и без Бог.\n<sup>13</sup>Но сега го имате Исус Христос. Вие кои некогаш бевте далеку, сега сте доведени близу до Бог, благодарение на крвта што Христос ја пролеа за вас.\n<sup>14</sup>Христос е Тој што нѐ помири, Кој од Евреи и неевреи направи еден народ. Го урна ѕидот што нѐ раздвојуваше и нѐ правеше непријатели.\n<sup>15</sup>Со својата смрт Христос му стави крај на целиот еврејски систем од заповеди и правила. Преку Себе Христос создава нов човек, и од Евреин и од неевреин, изградувајќи така мир.\n<sup>16</sup>Умирајќи на крстот, и за едните и за другите, Христос го уништи непријателството што владееше меѓу нив, ги помири со Бог и ги обедини во еден народ.\n<sup>17</sup>Христос дојде и проповедаше помирување со Бог, и за вас неевреите што бевте далеку, и за нас Евреите што Му бевме близу.\n<sup>18</sup>Преку Него и вие и ние, со посредство на Светиот Дух, имаме пристап до Таткото.\n6 Храмот Господов\n<sup>19</sup>Затоа сега вие не сте веќе туѓинци и странци, туку сограѓани на Божјиот народ и членови на Божјото семејство.\n<sup>20</sup>И вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е ваш потпорен камен.\n<sup>21</sup>Тој целата градба ја држи цврсто поврзана и ја претвора во свет храм на нашиот Господ.\n<sup>22</sup>Соединети со Него, и вие сте дел од духовната градба во која живее Бог.\n= Глава 3 =\n7 Откривањето на Божјиот таен план\n<sup>1</sup>Токму поради тоа што ви проповедам за Исус Христос и вам кои не сте Евреи, јас, Павле, сега лежам в затвор.\n<sup>2</sup>Вие сигурно сте слушнале дека Бог ми ја довери задачата да ви ја проповедам Неговата милост и љубов спрема вас, неевреите.\n<sup>3</sup>Тој ми го откри и објасни Неговиот таен план. (За тоа порано накратко ви пишував,\n<sup>4</sup>и можете да прочитате, за да дознаете како ми беше откриена тајната за Христос.)\n<sup>5</sup>На претходните поколенија таа тајна не им беше објавена. Бог сега, преку Светиот Дух, им ја откри на Неговите свети апостоли и пророци.\n<sup>6</sup>Од Радосната вест дознаваме дека тајната е во тоа што по заслуга на Исус Христос и нееврејските народи се соучесници во ветувањата што ги даде Бог, сонаследници со Евреите и органи на истото тело.\n<sup>7</sup>Бог беше многу милостив и благонаклонет спрема мене. Неговата сила ми даде дарба и задача да ја ширам Радосната вест.\n<sup>8</sup>Спрема мене, најмалку достојниот од сите Божји избраници, Бог беше благонаклонет и ме одбра да им ја проповедам Радосната вест на нееврејските народи, веста дека им стојат на располагање неисцрпни богатства, сѐ по заслуга на Христос.\n<sup>9</sup>Бог, Создателот на сѐ што постои, ме одбра да им го објаснувам на сите луѓе Божјиот план, што со векови беше скриен во Неговиот ум.\n<sup>10</sup>Целта беше преку формирањето на Црквата да им се покаже на сите владетели и власти во небесните простори дека Бог има многустрана мудрост.\n<sup>11</sup>Сето тоа беше во согласност со Божјиот вечен план, што се оствари преку нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>12</sup>Во заедништво со Христос и преку вера во Него ние можеме смело и со целосна доверба да Му пристапуваме на Бог.\n<sup>13</sup>Затоа ве молам да не се обесхрабрувате поради страдањата низ кои сега јас минувам. Тие ќе бидат за ваша полза, за ваша слава.\n8 Молитва за духовна сила\n<sup>14</sup>Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко,\n<sup>15</sup>Создателот на секој род, и на небото и на Земјата.\n<sup>16</sup>Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи.\n<sup>17</sup>Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов,\n<sup>18</sup>за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов.\n<sup>19</sup>Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.\n<sup>20</sup>А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме,\n<sup>21</sup>нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња! Амин!\n= Глава 4 =\n9 За единство во црквата\n<sup>1</sup>Затоа ве молам, јас кој сум затвореник поради тоа што проповедам за Господ, да живеете живот достоен за луѓе што се повикани, одбрани од Бог.\n<sup>2</sup>Да бидете понизни, кротки и трпеливи. Да се толерирате меѓусебно и да се сакате.\n<sup>3</sup>Трудете се да ги зачувате единството, меѓусебната поврзаност и мирот што ви ги дава Светиот Дух.\n<sup>4</sup>Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.\n<sup>5</sup>Постои само еден Господ, само една вера, само едно крштавање.\n<sup>6</sup>Постои само еден Бог, Татко на сите. Тој е Господар над сите, дејствува преку сите и живее во сите.\n<sup>7</sup>Но Христос секого од нас го надарил со разновидна дарба, како што Тој милувал.\n<sup>8</sup>Затоа Светото писмо вели:\n=П „Кога се вознесе во висините, =П зеде со Себе многу затвореници =П и им даде дарови на луѓето. “\n<sup>9</sup>Што значи тоа „кога се вознесе “? Тоа подразбира дека Тој прво слезе до најдолните предели на Земјата.\n<sup>10</sup>Тој што слезе е истиот Оној што се издигна високо над сите неба, а тоа е Христос, за да може да ја исполни целата вселена и да владее со неа.\n<sup>11</sup>Христос надарил некои луѓе да бидат апостоли, други да бидат пророци; некои да бидат евангелизатори, а други духовни пастири и учители.\n<sup>12</sup>Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело - изградба на Црквата, духовното Христово тело,\n<sup>13</sup>сѐ додека сите заедно не постигнеме единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, со што ќе станеме целосно зрели според возвишените стандарди што ги постави Христос.\n<sup>14</sup>Не треба веќе да се однесуваме како малолетници, фрлани наваму - натаму од брановите, носени од сите ветришта на лажните човечки учења, кои итро ги водат луѓето во стапицата на измамата.\n<sup>15</sup>Треба да растеме, цврсто држејќи се до вистината, искажувајќи ја со љубов, доближувајќи се во секој поглед до Оној што е главата, до Христос.\n<sup>16</sup>Тој го поврзува и обединува целото тело, за да функционира како сложна целина. Кога секој дел од телото си ја извршува својата функција, целото тело расте, самото себе се изградува и се исполнува со љубов.\n10 Нова природа за богоугоден живот\n<sup>17</sup>Затоа ви велам и ве обврзувам пред Господ: не треба веќе да живеете онака како што живеат луѓето кои не знаат за Господ, водени од нивните празни умови.\n<sup>18</sup>Нивните умови се помрачени. Тие се отуѓени од животот што доаѓа од Бог, затоа што не го разбираат тоа, а не го разбираат бидејќи срцата им се закоравени.\n<sup>19</sup>Тие веќе не го разликуваат праведното од грешното. Лакомо се препуштаат на разни пороци и на секаков вид гнасни работи.\n<sup>20</sup>Но вие што сте запознаени со учењето на Христос, не сте учени така да живеете.\n<sup>21</sup>Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус.\n<sup>22</sup>Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.\n<sup>23</sup>Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.\n<sup>24</sup>Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.\n<sup>25</sup>Веќе не треба ни да помислите да лажете, туку да ја зборувате само вистината, бидејќи сме органи на едно исто тело.\n<sup>26</sup><Не гневете се во толкава мера та да грешите! “ Гневот нека ви помине уште истиот ден!\n<sup>27</sup>Не оставајте простор ѓаволот да дејствува!\n<sup>28</sup>Кој крадел, да не краде веќе; нека работи нешто чесно, нека заработува со своите раце, па да може да им дава и на оние што имаат потреба од помош.\n<sup>29</sup>Лоши зборови да не излегуваат од вашата уста! Зборувајте поучни работи, зборови од кои слушателите ќе имаат некаква полза.\n<sup>30</sup>Не ожалостувајте го Светиот Дух со своите постапки. Тој е вашиот гарант дека сте спасени и ве чува за денот на откупувањето.\n<sup>31</sup>Ослободете се од сета горчина, гнев и лутина. Немојте да викате еден на друг и да се навредувате. Ослободете се од сѐ што е зло.\n<sup>32</sup>Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.\n= Глава 5 =\n11 Христијански начин на живеење\n<sup>1</sup>Следете го Божјиот пример, бидејќи вие сте Негови омилени деца.\n<sup>2</sup>Вашите постапки нека бидат водени од љубовта, токму онака како што Христос, воден од љубов, го принесе Својот живот како жртва што Му е пријатна на Бог и има сладок мирис.\n<sup>3</sup>Вие сте свети Божји луѓе и меѓу вас не смее да има блуд, гнасотии и алчност.\n<sup>4</sup>Не смее да има безобразни, глупави разговори и двосмислени шеги. Сето тоа не ви прилега. Наместо тоа, искажувајте ја вашата благодарност спрема Бог.\n<sup>5</sup>Можете да бидете сигурни дека ниту еден блуден, гнасен или алчен човек нема да биде во царството на Христос и на Бог. И алчноста е еден вид идолопоклонство!\n<sup>6</sup>Не дозволувајте никој да ве мами, наоѓајќи оправадување за ваквите гревови! За вакви работи Бог ги казнува сите непослушни луѓе!\n<sup>7</sup>Со такви луѓе немојте да си имате работа.\n<sup>8</sup>Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина. Затоа однесувајте се како деца на светлината.\n<sup>9</sup>Таа светлината во вас ќе роди секаков вид добрина, праведност и вистина.\n<sup>10</sup>Трудете се да откриете што Му е мило на Бог и тоа правете го.\n<sup>11</sup>Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината. Напротив, разоткривајте ги!\n<sup>12</sup>За она што тајно го прават некои луѓе срамота е дури и да се зборува!\n<sup>13</sup>Но светлината ќе ги разоткрие и сѐ ќе излезе на виделина,\n<sup>14</sup>Зашто сѐ што е изложено на светлина, станува јавно. Затоа е речено во Светото писмо:\n=П „Стани ти што спиеш, =П воскресни од мртвите =П и Христовата светлина ќе те огрее. “\n12 Да се живее под водство на Светиот Дух\n<sup>15</sup>Внимавајте како живеете! Нека биде тоа мудро, а не неразумно.\n<sup>16</sup>Ова се тешки времиња, затоа користете го секој миг.\n<sup>17</sup>Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате.\n<sup>18</sup>Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води!\n<sup>19</sup>Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ!\n<sup>20</sup>Постојано и за сѐ заблагодарувајте Му се на Бог, Небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.\n13 За односот меѓу сопружниците\n<sup>21</sup>Слушајте се еден со друг од почит спрема Христос.\n<sup>22</sup>Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ,\n<sup>23</sup>зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело,\n<sup>24</sup>па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во сѐ да им се послушни на своите сопрузи.\n<sup>25</sup>Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа,\n<sup>26</sup>за да ја направи света, очистувајќи ја преку воденото крштавање и преку Божјото Слово.\n<sup>27</sup>да ја доведе пред Себе славна, без дамка, без брчка, без ништо слично, па да биде света и без мана.\n<sup>28</sup>Така треба и мажот да ја сака својата сопруга. Да ја сака онака како што си го сака сопственото тело. Кога човек си ја сака сопругата, покажува дека се сака самиот себе.\n<sup>29</sup>Никој не го мрази сопственото тело, туку го храни и се грижи за него. Тоа го прави и Христос за Црквата.\n<sup>30</sup>А ние сме органи во Неговото тело - Црквата.\n<sup>31</sup>Светото писмо вели: „Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело. “\n<sup>32</sup>Тоа е голема мистерија, но ова што го зборувам се однесува на Христос и на Црквата.\n<sup>33</sup>Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.\n= Глава 6 =\n14 Должностите на децата и на родителите\n<sup>1</sup>Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение.\n<sup>2</sup>Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка. “\n<sup>3</sup>А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на земјата. “\n<sup>4</sup>Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.\n15 Должностите на робовите и на господарите\n<sup>5</sup>Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од сѐ срце, како да Му служите на Христос.\n<sup>6</sup>Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од сѐ срце ја исполнуваат Божјата волја.\n<sup>7</sup>Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето,\n<sup>8</sup>зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.\n<sup>9</sup>Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!\n16 Духовното оружје на христијаните\n<sup>10</sup>На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.\n<sup>11</sup>Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на ѓаволот.\n<sup>12</sup>Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори\n<sup>13</sup>Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.\n<sup>14</sup>Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста,\n<sup>15</sup>обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.\n<sup>16</sup>Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот.\n<sup>17</sup>Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјиот збор.\n<sup>18</sup>Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.\n<sup>19</sup>Молете се и за мене, за кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест,\n<sup>20</sup>иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.\n17 Поздрави\n<sup>21</sup>Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.\n<sup>22</sup>Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.\n<sup>23</sup>На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос.\n<sup>24</sup>Бог нека им биде благонаклонет на сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос со љубов што не гасне.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%95%D1%84%D0%B5%D1%81_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 3350, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7649", "title": "Викиизвор:Барања за бирократски статус", "text": "1 Тековни номинации за администраторски статус\nМоменталното време е\n[ Исчистете го кешот] доколку номинациите не се обновени.\n--------\n2 Моментални барања за бирократски статус\n----\n3 Поврзани барања\n*Барања за дозволи на други Викимедија проекти\n*Барања за администраторски или бирократски статус на мета\n*Барања за самоодземање на администраторски статус на било кој проект може да се направат на мета:Барања за дозволи.\nДоколку оваа страница не се обновува правилно, или исчистете го вашиот кеш или [ стиснете овде да го исчистите] кешот на серверот.\nda:Wikisource:Anmodning om bureaukratstatus", "subject": ["Викиизвор:Бирократи", "Барања за администраторски статус"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%81", "word_count": 86, "cyrillic": 0.94}
{"id": "7175", "title": "Естира (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Симнување од престолот на царицата Вашти.\n<sup>1</sup>Беше тоа во времето на Ксерксес, оној Ксерксес што владееше од Индија, па сѐ до Куш, со сто дваесет и седум области.\n<sup>2</sup>Во тоа време царот Ксерксес владееше од својот царски престол во престолнината Суса.\n<sup>3</sup>Во третата година на неговото владеење приреди гозба за сите негови благородници и службеници. Присутни беа воените старешини на Персија и Медија, кнезовите и благородниците од сите области.\n<sup>4</sup>Кога го покажа неизмерното богатство на своето царство, сјајот и славата на неговото величество, а тоа траеше многу денови, сто и осумдесет на број,\n<sup>5</sup>и кога завршија овие денови, приреди царот седумдневна гозба во предворјето на градината на царската палата за сите луѓе што се затекнаа во градот Суса, од најголемиот па сѐ до најмалиот.\n<sup>6</sup>Бели и сини ленени платна беа закачени со јажиња од бел и пурпурен лен, на алки од сребро и столбови од мермер. Златни и сребрени легла беа поставени врз подот поплочен со порфир, мермер, мајката на бисерот и скапоцени камења.\n<sup>7</sup>Се служеше вино во златни бокали, секој бокал различен од другите, царско вино изобилно, според дарежливоста на царот.\n<sup>8</sup>Пиењето беше без принуда, според наредбата на царот, зашто тој им беше наредил на сите кои служеа вино во неговиот дворец, на секој човек да му налеваат толку колку што тој сака.\n<sup>9</sup>И царицата Вашти приреди гозба за жените во царскиот дворец на царот Ксерксес.\n<sup>10</sup>На седмиот ден, кога царот добро се беше орасположил од виното, им нареди на Мехуман, Бизта, Харвона, Бигта, Авагта, Зетар и Каркас, седуммината евнуси кои служеа пред царот Ксерксес,\n<sup>11</sup>да ја доведат царицата Вашти пред царот со царската круна на глава, за да им ја покаже на луѓето и благородниците нејзината убавина, зашто таа беше многу убава.\n<sup>12</sup>Но царицата Вашти одби да дојде, како што ѝ беше наредено од царот, преку неговите слуги. Царот силно се разгневи и неговата лутина се разгоре во него.\n<sup>13</sup>Тогаш им проговори царот на мудреците, луѓето кои ги разбираа времињата, зашто така правеше царот постојано и се советуваше со оние кои ги познаваа законите и правото.\n<sup>14</sup>А до него беа: Каршена, Шетар, Адмата, Таршиш, Мерес, Марсена и Мемухан, седуммина благородници од Персија и Медија, луѓе кои имаа пристап до царот и кои беа на највисоки места во царството.\n<sup>15</sup>„Што според законот треба да ѝ сторам на царицата Вашти, зашто таа не се потчини на наредбата на царот Ксерксес, пренесена од евнусите?“\n<sup>16</sup>Тогаш одговори Мемухан пред царот и пред благородниците: „Она што го направи царицата Вашти не е само против царот, туку и против сите благородници и против сите луѓе кои живеат во областите на царот Ксерксес,\n<sup>17</sup>оти ќе се расчуе за таа постапка на царицата и сите жени ќе ги презираат своите мажи. Ќе велат: ’Царот Ксерксес наредил да ја доведат царицата Вашти пред него, но таа не дошла.'\n<sup>18</sup>Уште денеска жените на благородниците на Персија и Медија кои слушнале за оваа постапка на царицата, истото ќе им го направат на своите мажи, па на непочитувањето и расправиите крај ќе им нема.\n<sup>19</sup>Затоа, ако му е така угодно на царот, нека издаде неотповиклив царски указ и нека биде запишано во законите на Персија и Медија, Вашти веќе никогаш да не смее да се појави во присуство на царот Ксерксес, а нејзиното царско место нека ѝ го додели царот на некоја друга жена, подобра од неа.\n<sup>20</sup>Кога ќе се расчуе за указот на царот, кој ќе биде разгласен низ целото царство, кое ете е многу големо, сите жени ќе ги почитуваат своите мажи, од најголемиот па сѐ до најмалиот.“\n<sup>21</sup>Им се допадна овој совет на царот и на благородниците, и царот постапи според препораката на Мемухан.\n<sup>22</sup>Тогаш испрати царот проглас до сите царски области, до секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик, разгласувајќи секому на неговиот сопствен говор дека секој маж треба да биде господар во својот дом.\n= Глава 2 =\n2 Естер станува царица.\n<sup>1</sup>После овие настани, откако стивна гневот на царот Ксерксес, се сети на Вашти, на она што таа го стори и на она што беше наредено во врска со неа.\n<sup>2</sup>Тогаш предложија придружниците на царот, оние кои го служеа: „Нека се побараат за царот убави млади девојки, девици.\n<sup>3</sup>Нека назначи царот луѓе задолжени за таа работа во сите области на неговото царство и нека ги донесат сите убави млади девици во престолнината Суса, во харемот под управа на царскиот евнух Хегај, кој е задолжен за жените, и да им се даде сѐ што им треба за разубавување.\n<sup>4</sup>Тогаш онаа девојка која ќе му се допадне на царот нека биде царица наместо Вашти.“ Му се допадна овој совет на царот и тој така и направи.\n<sup>5</sup>А имаше во престолнината Суса еден човек, Евреин од племето Венијаминово, Мордахај му беше името, син на Јаир, син на Шимеј, син на Киш.\n<sup>6</sup>Тој беше одведен од Ерусалим заедно со заробениците кои беа одведени со Јехонија, царот на Јуда, а кои ги зароби вавилонскиот цар Невухаднессар.\n<sup>7</sup>Тој ја беше посвоил Хадаса, а таа е Естер, ќерката на неговиот чичко, бидејќи таа немаше ни татко ни мајка. Девојката беше нежна и убава во ставата. Кога умреа татко ѝ, и мајка ѝ, ја посвои Мордахај и му стана ќерка.\n<sup>8</sup>Кога се расчу наредбата на царот и неговиот указ, и кога беа доведени многу девојки во престолнината Суса под управа на Хегај, и Естер беше одведена во царскиот дворец под управа на Хегај, оној кој беше задолжен за жените.\n<sup>9</sup>Му се допадна девојката и ја доби неговата наклоност, па веднаш ѝ даде сѐ што ѝ требаше за дотерување. Ѝ обезбеди посебна храна и седум слугинки избрани и доделени од царскиот дворец, па ја пресели неа и нејзините слугинки во најдобриот дел од харемот.\n<sup>10</sup>Естер не откри од кој народ е и од кое семејство, зашто Мордахај ѝ беше заповедал да не открива.\n<sup>11</sup>Секој ден Мордахај одеше близу до дворот на харемот, за да дознае како е Естер и што се случува со неа.\n<sup>12</sup>Пред да дојде редот на една девојка да оди кај царот Ксерксес, требаше да помине дванаесет месеци во дотерување, како што беше пропишано за жените, шест месеци со миртово масло и шест месеци со мириси и женска козметика.\n<sup>13</sup>Вака одеше девојката кај царот: Сѐ што сакаше од харемот ѝ се даваше за да го понесе со себе во царскиот дворец.\n<sup>14</sup>Вечерта одеше, а наутро се враќаше во харемот, во друг дел под управа на царскиот евнух Шаашгаз, кој беше задолжен за наложниците. Не се враќаше повторно кај царот, освен ако царот не беше задоволен со неа и не ја повикаше по име.\n<sup>15</sup>Кога дојде ред кај царот да оди Естер, ќерката на Авихаил, чичкото на Мордахај, која тој ја беше посвоил, таа не побара ништо друго, освен она што ѝ препорача царскиот евнух Хегај, оној што беше задолжен за жените, и Естер им се допадна на сите што ја видоа.\n<sup>16</sup>Естер беше одведена кај царот Ксерксес, во неговиот царски дворец, во десеттиот месец, а тоа е месецот тевет, во седмата година од неговото владеење.\n<sup>17</sup>Естер го привлече царот повеќе од која било друга жена, и се здоби со неговата наклоност, му прирасна за срце повеќе од било која друга девица, па ѝ стави царска круна на главата и ја направи царица наместо Вашти.\n<sup>18</sup>Приреди царот голема гозба за сите благородници и негови службеници, гозба во чест на Естер. Тој ден беше прогласен за празник низ сите области и беа поделени дарови, според дарежливоста на царот.\n3 Мордекај го открива заговорот.\n<sup>19</sup>А кога по втор пат се собраа девиците, тогаш Мордахај седеше пред царската порта.\n<sup>20</sup>Естер не откри од кое семејство е и од кој народ, токму онака како што ѝ беше рекол Мордахај, и таа ги слушаше неговите упатства исто како и кога живееше кај него.\n<sup>21</sup>Во текот на деновите кога Мордахај седеше пред царската порта, се налутија Бигтан и Тереш, двајца царски старешини, стражари пред влезот и направија заговор да дигнат рака на Ксерксес.\n<sup>22</sup>Но овој заговор беше откриен од Мордахај и тој ѝ кажа за тоа на царицата Естер, а царицата Естер му пренесе за тоа на царот од името на Мордахај.\n<sup>23</sup>Тогаш ова беше испитано и се разоткри заговорот, па ѝ двајцата беа обесени на бесилка, а ова, во присуство на царот, беше запишано во летописите на тоа време.\n= Глава 3 =\n4 Хаман сака да ги уништи Евреите.\n<sup>1</sup>После овие настани, царот Ксерксес му направи чест на Хаман, син на Хамедата, Агагиец, и го воздигна. Му даде место највисоко од сите благородници кои беа со него.\n<sup>2</sup>Сите царски службеници кои беа крај царската порта клечеа на колена и му правеа чест на Хаман, зашто така беше заповедал за него царот. Но Мордахај не клечеше и не му правеше чест.\n<sup>3</sup>Тогаш царските службеници кои беа крај царската порта го прашаа Мордахај: „Зошто ти не се покоруваш на царската наредба?“\n<sup>4</sup>И откако така му зборуваа ден за ден, а тој не се расправаше со нив, му кажаа на Хаман да види до кога ќе се трпи таквото однесување на Мордахај, зашто тој им беше кажал дека е Евреин.\n<sup>5</sup>Кога виде Хаман дека Мордахај не клечи на колена и не му прави чест, се исполни Хаман со бес.\n<sup>6</sup>Малку му се виде да прати човек за да го убие Мордахај, а му беа кажале од кој народ е Мордахај, затоа Хаман гледаше како да ги уништи сите Евреи, народот на Мордахај, во целото царство на Ксерксес.\n<sup>7</sup>Во дванаесеттата година на царот Ксерксес, во првиот месец, а тоа е месецот нисан, фрли тој пур, а тоа е жрепка. Фрлена беше жрепка во присуство на Хаман, за секој ден и за секој месец, сѐ до дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.\n<sup>8</sup>Тогаш Хаман му рече на царот Ксерксес: „Има еден народ, распрснат и расселен меѓу народите во сите области од вашето царство. Нивните обичаи се разликуваат од обичаите на сите други народи, на царските закони не се потчинуваат и на царот не му е од полза да ги трпи.\n<sup>9</sup>Ако му е по волја на царот, нека нареди да бидат уништат. Десет илјади таланти сребро приложив во царската ризница, ги предадов во рацете на оние кои треба да ја извршат оваа работа.“\n<sup>10</sup>Го симна царот прстенот-печат од рака и му го даде на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, непријателот на Евреите,\n<sup>11</sup>и му рече царот на Хаман: „Парите задржи си ги, а со народот прави како што сметаш за исправно.“\n<sup>12</sup>Тогаш, во тринаесеттиот ден од првиот месец, беа повикани царските записничари, и беше запишано сѐ што им нареди Хаман на царските сатрапи, на управниците над сите области, на благородниците од сите народи, за секоја област со нејзиното писмо, за секој народ на неговиот јазик. Во името на царот Ксерксес беше запишано и запечатено со царскиот прстен-печат.\n<sup>13</sup>Испратија писма преку гласници до сите царски области да се уништи, да се убие и истреби секој Евреин од младо до старо, и дете и жена, за само еден ден, на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, и нивните имоти да се разграбаат.\n<sup>14</sup>Препис од овој указ да се донесе како закон во сите области и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени за тој ден.\n<sup>15</sup>Излегоа гласниците потерани од царската наредба и указот беше издаден во престолнината Суса. Царот и Хаман седнаа да пијат, а во престолнината Суса настана забуна.\n= Глава 4 =\n5 Мордахај ја преколнува Естер за помош.\n<sup>1</sup>Кога дозна Мордахај што сѐ се беше случило, ја раскина Мордахај облеката своја, стави врз себе вреќиште и пепел посипа, излезе среде градот и плачеше, липаше силно и горчливо.\n<sup>2</sup>Тој стигна само до пред царската порта, зашто никој облечен во вреќиште не смееше да влезе во царската порта.\n<sup>3</sup>Во секоја област, во секое место каде што царскиот указ беше донесен, жалост голема настана меѓу Евреите со пост и плак и лелек. Вреќишта ставија врз себе многумина и пепел посипаа.\n<sup>4</sup>Кога дојдоа слугинките на Естер, и евнусите, и ѝ кажаа, царицата многу се натажи. Испрати облеки да му облечат на Мордахај и да го соблечат од него вреќиштето, но тој не прифати.\n<sup>5</sup>Тогаш Естер го викна Хатах, еден од царските евнуси кој ѝ беше доделен, и му нареди да открие што станува со Мордахај и зошто така се однесува.\n<sup>6</sup>Излезе Хатах и отиде кај Мордахај, на градскиот плоштад пред царската порта.\n<sup>7</sup>Мордахај му раскажа за сѐ што се беше случило и му го кажа точниот износ на пари кој му го ветил Хаман на царот за царската ризница, за да ги уништи Евреите.\n<sup>8</sup>Му го даде и преписот од указот кој беше издаден во Суса, за нивно искоренување, за да ѝ го покаже на Естер и да ѝ објасни, да ѝ каже веднаш да оди кај царот и да моли за милост, да се заложи пред него за својот народ.\n<sup>9</sup>Се врати Хатах, и ѝ ги пренесе на Естер зборовите на Мордахај.\n<sup>10</sup>Тогаш Естер му кажа на Хатах што да му пренесе на Мордахај:\n<sup>11</sup>„Сите службеници на царот, сите луѓе од царските области знаат дека ако било кој маж или жена пријде кај царот во внатрешниот двор, без да биде повикан, законот вели да биде убиен, освен ако царот не го допре со својот златен жезол, та да преживее. А јас не сум повикана да одам кај царот има веќе ете триесет дена.“\n<sup>12</sup>Тогаш му ги пренесе на Мордахај зборовите на Естер.\n<sup>13</sup>Одговори Мордахај, и ѝ возврати на Естер: „Немој да си мислиш во себе дека единствено ти, од сите Евреи, ќе се извлечеш само затоа што си во царскиот дом.\n<sup>14</sup>Ако ти сега премолчиш, ако во ова време ништо не сториш, ќе се најде за Евреите спас и избавување од друго место. Но ти и семејството на твојот татко ќе изгинете. Кој знае, можеби токму за едно вакво време ти стана царица.“\n<sup>15</sup>Тогаш одговори Естер и му испрати порака на Мордахај:\n<sup>16</sup>„Оди, собери ги сите Евреи што се наоѓаат во Суса и постете за мене! Не јадете и не пијте три дена и три ноќи, а јас и моите слугинки исто така ќе постиме! Потоа јас ќе одам кај царот, иако тоа не е по законот, па ако погинам, нека погинам.“\n<sup>17</sup>Излезе Мордахај и направи сѐ онака како што му беше кажала Естер.\n= Глава 5 =\n6 Естер го моли царот.\n<sup>1</sup>На третиот ден облече Естер царска облека и застана во внатрешниот двор на царскиот дворец, пред царскиот дом, а царот седеше на својот царски престол, во царскиот дом, токму наспроти влезот.\n<sup>2</sup>Кога царот ја виде царицата Естер како стои во предворјето, му се допадна, па го зеде царот златниот жезол в рака, пријде кон Естер и ја допре со врвот на жезолот.\n<sup>3</sup>Тогаш тој ја праша: „Што е царице Естер? Што бараш? И да е до половината царство - ќе ти биде дадено.“\n<sup>4</sup>А Естер одговори: „Ако му е така угодно на царот, нека дојде денеска царот, заедно со Хаман, на гозбата што јас ја приредив за него.“\n<sup>5</sup>Царот одговори: „Брзо доведете го Хаман, за да ја исполниме желбата на Естер!“ И така царот и Хаман отидоа на гозбата што ја приреди Естер.\n<sup>6</sup>Пиејќи вино, царот ја праша Естер: „Кажи што бараш и ќе ти биде дадено? Каква е твојата молба? И да е до половината царство - ќе ти биде исполнето.“\n<sup>7</sup>Тогаш одговори Естер и рече: „Мојето барање и молба е\n<sup>8</sup>ако сум нашла милост во очите на царот и ако на царот му е угодно да ме награди и моето барање и молба да ги удоволи, да дојде царот со Хаман и утре на гозбата што ќе ја приредам за нив. Тогаш ќе одговорам на прашањето на царот.“\n7 Бесот на Хаман против Мордахај.\n<sup>9</sup>Излезе Хаман тој ден среќен и развеселен, но кога го виде Хаман Мордахај покрај царската порта, и тој не стана и не покажа страв од него, се исполни Хаман со бес против Мордахај.\n<sup>10</sup>Се воздржа Хаман и си отиде дома. Ги викна кај себе своите пријатели и својата жена Зереш.\n<sup>11</sup>Им се испофали Хаман за своето огромно богатство, за своите многу синови, и сета чест што му ја направи царот и како го воздигна над сите благородници и службеници царски.\n<sup>12</sup>А исто така кажа: „Никој друг не повика царицата Естер на гозба со царот, туку само мене. И утре сум поканет од неа, заедно со царот.\n<sup>13</sup>Но сето тоа не ме прави среќен, сѐ додека го гледам Евреинот Мордахај како седи пред царската порта.“\n<sup>14</sup>Тогаш жена му Зереш и сите негови пријатели му рекоа: „Направи бесилки, педесет лакти високи, и утре побарај од царот да го обеси Мордахај на нив. Потоа оди со царот среќен на вечера.“ Ова му се допадна на Хаман и тој направи бесилки.\n= Глава 6 =\n8 На Мордахај му се прави чест.\n<sup>1</sup>Таа ноќ сонот му побегна на царот, па нареди да ја донесат книгата на летописите од тоа време и да му читаат од неа.\n<sup>2</sup>И се најде запишано дека Мордахај ги раскринка Бигтана и Тереш, двајцата царски старешини и стражари пред портата, кои спремаа заговор да дигнат рака на Керксес.\n<sup>3</sup>Тогаш царот праша: „Каква чест му беше направена на Мордахај и какво признание му беше дадено за ова?“, а луѓето околу царот, оние кои го служеа одговорија: „За него ништо не е сторено.“\n<sup>4</sup>Царот рече: „Кој е во дворот?“, тогаш Хаман влезе во предворјето на царскиот дом, за да му зборува на царот да го обеси Мордахај на бесилките што ги подигна за него.\n<sup>5</sup>Слугите на царот му оговорија: „Ете го Хаман стои во дворот.“ Царот нареди да влезе.\n<sup>6</sup>Кога влезе Хаман, царот го праша: „Што да стори царот за човек од кого е задоволен, каква чест да му направи?“, а Хаман си помисли во себе: „На кого друг царот би му правел чест, освен мене?“\n<sup>7</sup>Па му одговори Хаман на царот: „На оној човек од кого царот е задоволен и сака да му направи чест,\n<sup>8</sup>нека му донесат царска облека, онаа царот што ја носи, и коњот царот што го јава, оној што има царска грива на главата.\n<sup>9</sup>Нека ја предаде облеката и коњот во рацете на еден од благородните царски кнезови, па нека го облече човекот со кого царот е задоволен и сака да му направи чест. Потоа нека го води качен на коњ низ улиците на градот и нека разгласува пред него: ’Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.'“\n<sup>10</sup>А царот му нареди на Хаман: „Брзо оди, земи ја облеката и коњот, како што ми советуваше и сето ова направи му го на Евреинот Мордахај, оној што седи пред царската порта. Ништо да не заборавиш од сето ова што ми го препорача.“\n<sup>11</sup>И така, ја зеде Хаман облеката и коњот, го облече Мордахај, го качи на коњот и го водеше по улиците, викајќи пред него: „Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.“\n<sup>12</sup>Потоа Мордахај се врати кај царската порта, а Хаман оттрча дома натажен и со покриена глава,\n<sup>13</sup>и им рече Хаман на својата жена Зереш и на сите негови пријатели што му се беше случило. Неговите советници и неговата жена Зереш му одговорија: „Штом Мордахај, оној пред кого си почнал да паѓаш, е потомок на Евреите, нема да можеш да истраеш против него. Ќе бидеш уништен, сигурно ќе бидеш уништен пред него.“\n<sup>14</sup>Додека сѐ уште зборуваа со него, царските евнуси пристигнаа и побрзаа да го одведат Хаман на гозбата што ја приредуваше Естер.\n= Глава 7 =\n9 Обесувањето на Хаман.\n<sup>1</sup>Отидоа царот и Хаман да се гостат со царицата Естер.\n<sup>2</sup>На вториот ден, пиејќи вино, царот повторно ја праша Естер: „Кажи што бараш царице Естер и ќе ти биде дадено? Кажи ја твојата молба и ако е и до половината царство - ќе ти биде исполнето?“\n<sup>3</sup>Тогаш одговори царицата Естер и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи царе, и ако на царот така му е угодно, подари ми го мојот живот, тоа ми е барањето и поштеди го мојот народ, тоа ми е молбата.\n<sup>4</sup>Продадени сме, јас и мојот народ, за да нѐ уништат, да нѐ исколат и да нѐ истребат. Ако како робови и робинки бевме продадени, јас ќе си молчев, зашто не вреди за такво нешто царот да се вознемирува.“\n<sup>5</sup>Тогаш праша царот Ксерксес, и ѝ рече на царицата Естер: „Кој е тој, каде е тој чие срце можело да направи такво нешто?“\n<sup>6</sup>А Естер рече: „Човекот кој е наш противник и непријател е овој злобен Хаман.“ Тогаш Хаман се стресе од страв пред царот и пред царицата.\n<sup>7</sup>Царот стана бесно од пиењето вино и отиде во градината на дворецот, а Хаман остана да ја моли царицата Естер за својот живот, сфаќајќи дека царот веќе му ја беше решил судбината.\n<sup>8</sup>Кога царот се врати од градината на дворецот во просторијата за гозби, каде што пиеше вино, Хаман падна врз леглото каде што лежеше Естер, а царот извика: „Зарем и на царицата ќе ѝ досадуваш, додека сум јас присутен!?“ Само што зборот излета од устата на царот, на Хаман му го покрија лицето.\n<sup>9</sup>Тогаш Харвона, еден од царските евнуси рече: „Видете, бесилките што ги направи Хаман за Мордахај, оној кој проговори и му помогна на царот, стојат пред домот на Хаман високи педесет лакти.“ А царот рече: „На нив обесете го!“\n<sup>10</sup>Така Хаман го обесија на бесилките кои тој ги направи за Мордахај, а гневот на царот се смири.\n= Глава 8 =\n10 Царскиот указ во корист на Евреите.\n<sup>1</sup>Уште истиот ден царот Ксерксес ѝ го даде на царицата Естер целиот имот на Хаман, непријателот на Евреите, а Мордахај дојде пред царот, зашто Естер кажа што ѝ е тој.\n<sup>2</sup>Го зеде царот прстенот-печат, што го беше одзел од Хаман и му го даде на Мордахај, а Естер го назначи Мордахај да раководи со имотот на Хаман.\n<sup>3</sup>Естер повторно му се помоли на царот и падна пред неговите стапала. Плачеше и молеше да го сопре злото на Хаман Агагиецот и она што тој го кроеше против Евреите.\n<sup>4</sup>Тогаш царот го протегна до Естер својот златен жезол, па се дигна Естер, застана пред царот\n<sup>5</sup>и рече: „Ако му е на царот така угодно и ако јас сум нашла милост пред него, ако е ова исправно според царот и јас сум нашла наклоност во неговите очи, нека се напише наредба со која се поништуваат писмата на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, кои тој ги напиша за да се уништат Евреите кои живеат во сите области на царот.\n<sup>6</sup>Зашто како можам јас да поднесам да го гледам тоа страшно зло што ќе падне на мојот народ, и како можам да поднесам да го гледам уништувањето на моето семејство.“\n<sup>7</sup>Тогаш царот Ксерксес им одговори на царицата Естер и на Евреинот Мордахај: „Ете, имотот на Хаман ѝ го дадов на Естер, а него го обесија на бесилки, зашто тој дигна рака на Евреите.\n<sup>8</sup>Сега вие напишете во корист на Евреите сѐ што сметате за потребно, нека биде тоа од името на царот и запечатете го со царскиот печат, зашто она што ќе се напише во името на царот и ќе се запечати со царски печат, не може да биде отповикано.“\n<sup>9</sup>И така, на дваесет и третиот ден од третиот месец, а тоа е месецот сиван, повикани беа царските записничари и беше запишано сѐ што Мордахај им нареди во врска со Евреите на сатрапите, на управителите и на благородниците во областите, од Индија па сѐ до Куш, сто дваесет и седум области, на секоја област со нејзиното писмо, на секој народ на неговиот јазик, и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.\n<sup>10</sup>И беше запишано од името на царот Ксерксес и беше запечатено со царскиот прстен-печат, па испратија писма преку гласници, кои јаваат на брзи царски коњи, одгледани во коњушници.\n<sup>11</sup>Тогаш царот им дозволи на Евреите во сите градови да се соберат и да се заштитат. Да ги убијат, уништат и истребат сите вооружени војски од народите и областите кои ќе ги нападнат нив, нивните деца и жени, а нивните имотите да ги ограбат,\n<sup>12</sup>и тоа во ист ден во сите области на царот Ксерксес, во тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.\n<sup>13</sup>Препис од овој указ да се донесе како закон во секоја област и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени Евреите за тој ден и да им се одмаздат на своите непријатели.\n<sup>14</sup>Излегоа гласниците јавајќи на царските коњи, брзајќи потерани од царската наредба, а указот беше издаден во престолнината Суса.\n<sup>15</sup>Мордахај си замина од кај царот во царска наметка, сина и бела, голема круна од злато и долга наметка од нежно ленено платно и пурпур, а градот Суса се радуваше и славеше.\n<sup>16</sup>За Евреите настапи време на среќа и радост, задоволство и чест.\n<sup>17</sup>Во секоја област, во секој град, во секое место каде што пристигнуваше царскиот указ, радост и задоволство се ширеше меѓу Евреите, славје и веселба. И многу луѓе од останатите народи станаа Евреи, затоа што ги беше фатил страв од Евреите.\n= Глава 9 =\n11 Победа на Евреите.\n<sup>1</sup>На тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, кога требаше царскиот указ и неговата наредба да бидат извршени, тогаш кога непријателите на Евреите се надеваа дека ќе ги надвијат, сега ова се сврте и Евреите дигнаа рака на оние што ги мразеа.\n<sup>2</sup>Се собраа Евреите по градовите во сите области на царот Ксерксес за да тргнат против оние кои го бараа нивното уништување. И ниту еден човек не можеше да им се спротивстави, зашто силен страв ги беше фатил сите народи од нив.\n<sup>3</sup>Сите благородници во областите, сатрапите, управителите и оние што ги спроведуваа царските работи им помагаа на Евреите, зашто страв ги беше фатил од Мордахај,\n<sup>4</sup>зашто истакнат беше Мордахај во царскиот дворец и угледот негов се прошири низ сите области, зашто човекот Мордахај стануваше сѐ посилен и посилен.\n<sup>5</sup>И така Евреите ги поразија сите нивни непријатели, прободувајќи ги со меч, убивајќи ги и уништувајќи ги, а на оние што ги мразеа им направија сѐ што сакаа.\n<sup>6</sup>Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи.\n<sup>7</sup>Исто и во Першандата, Делфон и Аспата,\n<sup>8</sup>во Пората, Адалиа и Аридата,\n<sup>9</sup>во Пармашта, Арисај, Аридај и Ваизата.\n<sup>10</sup>Ги убија десетте синови на Хаман, синот на Хамедата и непријателот на Евреите, но на ограбено рака не ставија.\n<sup>11</sup>Истиот ден се изнесе пред царот бројот на погубените во престолнината Суса,\n<sup>12</sup>па царот ѝ рече на царицата Естер: „Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи и десетмината синови на Хаман. Што направија во останатите царски области? Кажи сега што бараш и ќе ти биде дадено. Кажи ја твојата молба и ќе ти биде исполнета.“\n<sup>13</sup>А Естер одговори: „Ако му е по волја на царот, нека им биде даден на Евреите кои се во Суса и утрешниот ден за да го исполнат указот, а десетмината синови на Хаман нека ги обесат на бесилките.“\n<sup>14</sup>И така царот нареди ова да се изврши, па беше издаден указ во Суса и десетмината синови на Хаман беа обесени.\n<sup>15</sup>Се собраа сите Евреи кои беа во Суса на четиринаесеттиот ден од месецот адар и убија во Суса триста мажи, но на ограбено рака не ставија.\n<sup>16</sup>А останатите Евреи кои беа во царските области се собраа за да се заштитат и да се ослободат од нивните непријатели, да ги убијат оние што ги мразат, седумдесет и пет илјади, но на ограбено рака не ставија.\n<sup>17</sup>Бидна тоа на тринаесеттиот ден од месецот адар, а на четиринаесеттиот се одморија и го направија тој ден - ден за прослава и радост.\n12 Прославување на Пурим.\n<sup>18</sup>Но Евреите кои беа во Суса се собраа и на тринаесеттиот и на четиринаесеттиот ден, па се одморија на петнаесеттиот ден и него го направија ден за прослава и радост.\n<sup>19</sup>Затоа Евреите селани, оние што живеат во неутврдени градови и селски области го слават четиринаесеттиот ден од месецот адар, се радуваат и се веселат и тој ден им е за правење добри дела и давање подароци на своите пријатели.\n<sup>20</sup>Ги запиша овие настани Мордахај и испрати писма до сите Евреи кои се во сите области на царот Ксерксес, блиски и далечни,\n<sup>21</sup>за да им наложи секоја година да го слават четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден од месецот адар.\n<sup>22</sup>Зашто тие се деновите кога се ослободија Евреите од нивните непријатели, тоа е месецот кој се претвори од тага во радост, од жалост во славје. Нека пазат на тие денови на веселба и радост, да даваат подароци во храна еден на друг и дарови за сиромашните!\n<sup>23</sup>Се согласија Евреите и почнаа да слават, како што им беше напишал Мордахај,\n<sup>24</sup>оти Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот и непријателот на сите Евреи спремаше завера против Евреите, за да ги уништи. Фрли пур, а тоа значи жрепка, за сосема да ги уништи.\n<sup>25</sup>Но кога таа завера стаса пред царот, тој написмено нареди сето зло што тој го спремаше против Евреите да му се врати на глава, да го обесат и него и неговите синови на бесилки.\n<sup>26</sup>Затоа овие денови се нарекуваат Пурим, од зборот пур. Затоа, заради сите зборови кои во ова писмо беа запишани, заради сѐ што видоа и што им се случи,\n<sup>27</sup>го востановија Евреите и го прифатија, тие и нивните наследници и сите оние кои ќе им се приклучат. И не треба да го пропуштаат, туку да пазат на него, да го слават секоја година на овие два дена, како што им беше пропишано и востановено за нив тоа време.\n<sup>28</sup>А овие денови треба да се памтат и да се пазат во секое поколение, во секое семејство, во секоја област и во секој град. Деновите на Пурим никогаш да не престанат меѓу Евреите, во нивното сеќавање, ниту да одумрат меѓу нивните наследници.\n<sup>29</sup>Така напиша царицата Естер, ќерката на Авихаил и Евреинот Мордахај, со целата власт што ја имаше, за да се потврди ова второ писмо за Пурим.\n<sup>30</sup>И испрати писма до сите Евреи во сто дваесет и седумте области на царството на Ксерксес, испрати зборови на добра волја и охрабрување,\n<sup>31</sup>за да се востановат овие денови на Пурим, како што им беше одредено времето, токму онака како што пропиша за нив Евреинот Мордахај и царицата Естер, и токму онака како што си беа востановиле за себе и за своите наследници времиња за постење и жалост.\n<sup>32</sup>Указот на Естер ги потврдува правилата за Пурим и влегува во записот.\n= Глава 10 =\n13 Големината на Мордахај.\n<sup>1</sup>И наложи царот Ксерксес данок за целото свое царство, сѐ до морските брегови.\n<sup>2</sup>А сите дела на сила и моќ, заедно со големината на Мордахај, кого царот го воздигна, зарем не се запишани во книгата на летописите на царевите од Медија и Персија?\n<sup>3</sup>Ете, Евреинот Мордахај стана втор до царот Ксерксес и возвеличен меѓу Евреите, ценет од многумината свои пријатели, оној што работи за доброто на својот народ и зборува во корист на сите свои роднини.\n14 Забелешки", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 5057, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7221", "title": "Јона (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Ваква порака дојде ГОСПОД за Јона, син на Амиттај:\n<sup>2</sup><Стани, оди во Нинева, град многу голем и проповедај против неа, оти порасна злото нејзино пред Мене.“\n<sup>3</sup>Но Јона стана да бега од ГОСПОД и се упати кон Тарсис. Слезе до Јафа и најде брод кој се упатуваше кон Тарсис, па плати возарина и се качи да плови со него за Тарсис, бегајќи од ГОСПОД.\n<sup>4</sup>Тогаш ГОСПОД испрати силен ветер по морето и дигна голема бура, па постоеше опасност бродот да се скрши.\n<sup>5</sup>Се исплашија морнарите и повика секој кон своите богови. Ги исфрлија в море товарите што беа во бродот за да го олеснат. Но Јона се симна на дното од бродот, легна и цврсто заспа.\n<sup>6</sup>Отиде кај него заповедникот на морнарите и му рече: <Како можеш да спиеш? Стани, викај кон твојот Бог! Можеби ќе нѐ забележи, па нема да изгинеме.“\n<sup>7</sup>Тогаш си рекоа еден на друг: <Дојдете да фрламе жрепка и да откриеме заради кого оваа тешка несреќа падна врз нас!“ Фрлија жрепка и падна жрепката на Јона.\n<sup>8</sup>Тогаш го прашаа: <Кажи ни сега ти, заради кого оваа несреќа падна на нас, со што се бавиш, од каде доаѓаш, од која земја си и од кој народ?“\n<sup>9</sup>А тој им одговори: <Јас сум Евреин и Му се поклонувам на ГОСПОД, Бог на небесата, Кој ги создаде морето и копното.“\n<sup>10</sup>Се уплашија луѓето, силен страв ги фати, па го прашаа: <Што си сторил?“ Знаеја дека бега од ГОСПОД, оти тој им беше кажал.\n<sup>11</sup>Потоа го прашаа: <Што да правиме со тебе за морето да се смири?“, затоа што морето продолжуваше да беснее.\n<sup>12</sup>А тој им одговори: <Земете ме и фрлете ме в море и тоа ќе се смири. Знам јас дека заради мене оваа голема бура се крена на вас.“\n<sup>13</sup>Наместо тоа луѓето почнаа да веслаат, за да се вратат на копно, но не можеа, затоа што морето продолжуваше да беснееше против нив.\n<sup>14</sup>Тогаш повикаа кон ГОСПОД и рекоа: <О, ГОСПОДИ! Те молиме, не оставај нѐ да умреме заради животот на овој човек и не сметај нѐ за виновни за смртта негова, оти Ти ГОСПОДИ, како што сакаше, така и направи.“\n<sup>15</sup>Тогаш го зедоа Јона, го фрлија в море и тоа се смири, престана да беснее.\n<sup>16</sup>Се уплашија луѓето, силен страв ги фати од ГОСПОД, Му принесоа жртва на ГОСПОД и Му дадоа завети.\n= Глава 2 =\n1 Молитвата на Јона.\n<sup>1</sup>Но доведе ГОСПОД голема риба за да го проголта Јона и тој помина во неа три дена и три ноќи.\n<sup>2</sup>Му се помоли Јона на ГОСПОД, својот Бог, од внатрешноста на рибата\n<sup>3</sup>и рече: <Во мојата мака повикав кон ГОСПОД и Тој ми одговори. Од длабочината на гробот повикав за помош и Ти го слушна мојот глас.\n<sup>4</sup>Ме фрли во бездната, во срцето на морињата. Морските струи во вртлог се свија околу мене. Сите силни бранови и далгите Твои над мене се заклопија.\n<sup>5</sup>Си велев, протеран сум од пред очите Твои, а сепак јас сѐ уште ќе гледам кон Твојот свет храм.\n<sup>6</sup>Ме прекрија водите до грлото, бездната ме опколи, се обмотаа морски треви околу главата моја.\n<sup>7</sup>До корените на планините потонав. Земјата засекогаш ги затвори решетките свои над мене. Но Ти ме избави од јамата жив, О ГОСПОДИ, Боже мој.\n<sup>8</sup>Кога животот мој гаснеше во мене, на ГОСПОД се сетив и се крена молитвата моја кон Тебе, кон Твојот свет храм.\n<sup>9</sup>Оние кои се крепат на безвредни идоли ја отстрануваат од себе милоста.\n<sup>10</sup>Но јас, со песна благодарствена ќе Ти принесам жртва, она за што сум Ти дал завет, целосно ќе го исполнам. Спасението доаѓа од ГОСПОД.“\n<sup>11</sup>Па ѝ заповеда ГОСПОД на рибата и таа го поврати Јона на копно.\n= Глава 3 =\n2 Јона заминува за Нинева.\n<sup>1</sup>Тогаш по вторпат дојде збор од ГОСПОД за Јона:\n<sup>2</sup><Стани, оди за Нинева, град многу голем, и разгласи ја пораката што ти ја давам!“\n<sup>3</sup>Стана Јона и отиде за Нинева, како што му рече ГОСПОД. А Нинева беше град важен за Бог. За да се преоди потребни беа три дена одење.\n<sup>4</sup>Влезе Јона во градот на еден ден одење, па проповедаше и зборуваше: <Уште четириесет дена и Нинева ќе падне!“\n<sup>5</sup>Поверуваа Ниневјаните во Бог и прогласија пост. Облекоа вреќишта од најголемиот до најмалиот.\n<sup>6</sup>Кога вестите стигнаа до царот на Нинева, стана тој од својот престол, ја соблече царската наметка, се покри со вреќиште и седна во пепелта.\n<sup>7</sup>Тогаш издаде проглас во Нинева: <Со указ на царот и неговите благородници: >Ниту на луѓето, ниту на ѕверовите, ниту на стадата стока да не им се дозволи да вкусат било што, да не им се дозволи да јадат ниту да пијат вода!\n<sup>8</sup>Туку со вреќишта да се покријат и луѓето и ѕверовите, и веднаш да повикаат кон Бог! Нека се откаже секој од неговиот лош пат и од насилството кое му е во рацете!\n<sup>9</sup>Кој знае, може ќе попушти, ќе се сожали Бог и ќе се откаже од Неговиот огнен гнев, па нема да изгинеме?'“\n<sup>10</sup>Кога ги виде Бог нивните дела, како секој се откажаа од својот лош пат, се сожали Бог во врска со уништувањето со кое им се беше заканил и не го изврши.\n= Глава 4 =\n3 Јона се лути затоа што ГОСПОД се смилува над Нинева.\n<sup>1</sup>На Јона му стана многу криво и силно се налути.\n<sup>2</sup>Му се помоли на ГОСПОД и рече: <О ГОСПОДИ, нели испадна така како што кажував уште кога бев дома! Затоа и брзав да побегнам за Тарсис. Знаев дека си Ти Бог добар и милостив, спор на гнев и преполн со љубов, Кој се откажува од испраќање несреќи.\n<sup>3</sup>Сега ГОСПОДИ, земи ми го животот, оти помила ми е смртта од животот.“\n<sup>4</sup>Но ГОСПОД одговори: <Имаш ли право да се лутиш?“\n<sup>5</sup>Излезе Јона од градот и седна источно од него. Си направи колиба и седна под неа во сенка, за да види што ќе се случи со градот.\n<sup>6</sup>Тогаш ГОСПОД Бог направи да порасне лоза над Јона и да ѝ прави сенка на неговата глава, за да му ја олесни неудобноста, а Јона многу се зарадува поради лозата.\n<sup>7</sup>Но идниот ден в зори, направи Бог црв да ја прегризе лозата и таа овена.\n<sup>8</sup>Кога изгреа сонцето, направи Бог да дувне врел источен ветер и сонцето го опече Јона по главата. Тој малакса и посака да умре па рече: <Подобро да умрам отколу да живеам!“\n<sup>9</sup>Но Бог му рече на Јона: <Право ли е да се лутиш заради лозата?“, а тој рече: <Право е, лут сум до смрт!“\n<sup>10</sup>Но ГОСПОД рече: <Ти зажали за лозата, иако ниту си ја негувал, ниту си направил да порасне. Преку ноќ израсна, преку ноќ и умре.\n<sup>11</sup>А Јас, зарем не треба да се грижам за Нинева, град многу голем, во кого има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе кои не разликуваат десна рака од лева, и многу стока?“", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%BD%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 792, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7663", "title": "Овадија (вики-превод)", "text": "<sup>1</sup>Видение на Овадија: „Вака вели Господ Јахве за Едом; порака слушнавме од ГОСПОД, ете гласник беше пратен кон народите: >Станете! Да тргнеме против него во бој!\n<sup>2</sup>Гледај, мал ќе те направам меѓу народите - презрен сосема.\n<sup>3</sup>Гордоста на срцето твое те измами, ти кој живееш во процепите на карпите и чиј дом е на високо, ти кој си велиш: >Кој може да ме симне на земја?'\n<sup>4</sup>Иако се креваш високо како орел и гнездо виеш меѓу ѕвездите - и оттаму ќе те симнам!“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>5</sup><Ако крадци ти дојдат, разбојници ноќни - о, несреќа ќе те снајде - нема ли да крадат додека можат?! Ако гроздоберачи ти дојдат, ќе остават ли нешто за доберување?!\n<sup>6</sup>Ах, како Есав ќе биде претресен. Ограбени ќе бидат неговите сокриени богатства.\n<sup>7</sup>До границата ќе те притераат сите твои сојузници! Ќе те издадат, ќе те надвијат твоите пријатели! Оние што лебот твој го јадат ќе ти постават стапица и нема да ја забележиш!\n<sup>8</sup>Нема ли на тој ден,“ - вели ГОСПОД - „Јас да ги уништам мудреците од Едом и разборитоста од планината на Есав?\n<sup>9</sup>Преплашени ќе бидат борците твои Темане, па сите во планината на Есав ќе бидат истребени во колеж!\n<sup>10</sup>Заради насилството против твојот брат Јаков, срам ќе те прекрие и ќе бидеш уништен засекогаш.\n<sup>11</sup>На денот кога стоеше рамнодушно, на денот кога туѓинци го однесоа богатството негово, влегоа низ портите негови и за Ерусалим фрлија жрепка - и ти беше како еден од нив.\n<sup>12</sup>Не гледај од високо на братот свој во денот на неговата несреќа! Не радувај се над народот Јудин во денот на уништувањето негово! Нека не се фали многу устата твоја во денот тегобен!\n<sup>13</sup>Не влегувај низ портата на Мојот народ во денот на неговата несреќа! Не гледај од високо на несреќата негова во денот на неговото уништување! Не разграбувај ги богатствата негови во денот на неговото уништување!\n<sup>14</sup>Не чекај на крстопат за да ги истребуваш бегалците негови! Не предавај ги на друг преживеаните во денот тегобен!\n<sup>15</sup>Ете, близу е денот ГОСПОДОВ за сите народи. Што си правел, тоа тебе ќе ти биде правено! Делата твои на твоја глава ќе се вратат!\n<sup>16</sup>Оти, исто како што вие пиевте на Мојот свет рид - ќе пијат сите народи непрестано. Ќе пијат, ќе голтаат и ќе станат како никогаш да не постоеле.\n<sup>17</sup>Но на планината Сион ќе има избавени и ќе биде света, па домот на Јаков ќе ги завладее своите наследства.\n<sup>18</sup>И ќе биде домот на Јаков оган и домот на Јосиф пламен, а домот на Есав стрниште што ќе го запалат, ќе го проголтаат и нема да има преживеани од домот Есавов.“ Ете ГОСПОД го кажа Своето.\n<sup>19</sup>Жителите на Негев ќе ја освојат планината Есавова, а подножјето - Пилистејците. Ќе ги освојат полињата Ефремови и Самариски, а Бенјамин ќе го освои Гилеад.\n<sup>20</sup>Оние пак, кои од Израел беа протерани во Канаан, ќе ја поседуваат земјата сѐ до Сарефат, а протераните од Ерусалим, кои се во Сефард ќе ги поседуваат градовите на Негев.\n<sup>21</sup>Ќе се искачат избавители на планината Сион, за да управуваат со планината Есавова, и ова царството ќе биде ГОСПОДОВО.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 476, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7259", "title": "Прво писмо од апостол Јован (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Вовед\n<sup>1</sup>Ви пишуваме за Исус Христос, Зборот на животот, Оној што постои уште од самиот почеток. Со свои уши Го слушнавме, со свои очи Го видовме, со свои раце Го допревме.\n<sup>2</sup>Оној што дава живот се појави! Го видовме и подготвени сме да ви сведочиме за тоа. Сакаме да ви кажеме за овој вечен Живот што беше со Небесниот Татко и се појави пред нас.\n<sup>3</sup>Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос.\n<sup>4</sup>Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.\n2 Бог е светлина. Да живееме во светлина.\n<sup>5</sup>Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина.\n<sup>6</sup>Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината.\n<sup>7</sup>Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус ќе нѐ очистува од секој грев.\n<sup>8</sup>Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.\n<sup>9</sup>Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе нѐ исчисти од сета неправедност.\n<sup>10</sup>Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.\n= Глава 2 =\n3 Христос се застапува за нас\n<sup>1</sup>Чеда Божји, ова ви го пишувам за да не грешите. Но, ако некој од вас направи грев, Го имаме праведниот Исус Христос, Кој се застапува за нас пред Небесниот Татко.\n<sup>2</sup>Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.\n4 Одлики на Божјите луѓе\n<sup>3</sup>По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди!\n<sup>4</sup>Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него.\n<sup>5</sup>Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе.\n<sup>6</sup>Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.\n<sup>7</sup>Драги мои, јас не ви пишувам за да ви дадам некаква нова заповед. Ова е стара заповед што ви беше дадена уште од самиот почеток. Таа стара заповед - да имаме љубов еден спрема друг - е истата порака што ја чувте отпорано.\n<sup>8</sup>Сепак, таа заповед на некој начин е и нова, зашто нејзината вистинска смисла може да се согледа дури сега во Исус и во вас. Погледнете, темнината исчезнува, а вистинската светлина веќе свети!\n<sup>9</sup>Оној што тврди дека е на страната на светлината, а ги мрази другите христијани, тој сѐ уште е на страната на темнината.\n<sup>10</sup>Оној што ги сака другите христијани, навистина живее во светлината и кај него нема ништо што би можело некого да наведе на грев.\n<sup>11</sup>Оној што ги мрази другите христијани е на страната на темнината, низ црна темнина оди и не знае каде ќе стигне, зашто темнината му ги заслепува очите.\n:<sup>12</sup>Ви пишувам вам, чеда Божји,\n: бидејќи вашите гревови се простени\n: благодарејќи Му на Исус Христос.\n:<sup>13</sup>Ви пишувам вам, родители,\n: бидејќи вие Го знаете Христос,\n: Оној што постои уште од самиот почеток.\n: Ви пишувам вам, млади луѓе,\n: бидејќи ја добивте битката против Злиот.\n:<sup>14</sup>Ви напишав вам, деца,\n: бидејќи вие Го спознавте Таткото.\n: Ви напишав вам, родители,\n: бидејќи вие Го знаете Христос,\n: Оној што постои уште од самиот почеток.\n: Ви напишав вам, млади луѓе,\n: вие сте силни, зашто\n: Божјото Слово живее во вас\n: и вие ја добивте битката против Злиот.\n<sup>15</sup>Немојте да го сакате овој свет и она што тој ви го нуди, зашто ако го сакате овој свет, во вас нема љубов спрема Небесниот Татко.\n<sup>16</sup>Тоа што го нуди светот: телесните похоти, желбата да се има сѐ што ќе се види, гордоста заради богатството што се поседува - не е од Небесниот Татко, туку од овој свет.\n<sup>17</sup>А овој свет и световните похоти се минливи; само оној што ја исполнува Божјата волја останува вечно.\n5 Антихристи\n<sup>18</sup>Чеда Божји, се одигрува последниот час! Сте слушнале дека ќе дојде Антихристот, но веќе сега има многу антихристи и по тоа знаеме дека настапува последната епоха.\n<sup>19</sup>Тие луѓе излегоа од нас, но никогаш не беа навистина дел од нас. Да беа навистина дел од нас, со нас и ќе останеа. Напуштајќи нѐ, тие покажаа дека ниту еден од нив не бил дел од нас.\n<sup>20</sup>Но вие сте просветлени од Светиот Дух и сѐ ви е јасно.\n<sup>21</sup>Не ви пушувам како да не ја знаете вистината, туку затоа што ја знаете и знаете дека од вистината не може да произлезе никаква лага.\n<sup>22</sup>Значи кој е лажливец? Секој што тврди дека Исус не е Месијата! Тие луѓе се антихристи и не Го прифаќаат ниту Небесниот Татко, ниту Синот - Исус.\n<sup>23</sup>Секој што не го прифаќа Синот покажува дека не го прифаќа ни Таткото. А секој што го признава Синот во исто време Го признава и Таткото.\n<sup>24</sup>Вие, пак, придржувајте се до тоа што го слушнавте на почетокот. Ако се придржувате до тоа што го чувте од почетокот, ќе бидете во единство со Синот и со Таткото.\n<sup>25</sup>А Тој ни вети вечен живот.\n<sup>26</sup>Ова ви го пишувам зашто има луѓе што се обидуваат да ве заведат.\n<sup>27</sup>Што се однесува до вас, вие сте просветлени од Светиот Дух и, сѐ додека Тој Дух живее во вас, нема потреба никој да ве учи за тоа што е вистина, а што не. Светиот Дух ве учи за сѐ, и сѐ што Тој ве учи е вистина, а не лага. Држете се до Него и до она што Тој ве научи.\n6 Христијаните се Божји деца\n<sup>28</sup>А сега, чеда Божји, останете во единство со Христос, за да не се посрамиме при Неговото повторно доаѓање, туку да излеземе пред Него со крената глава.\n<sup>29</sup>Знаете дека Исус е праведен, затоа треба да знаете дека секој што постапува праведно е Божјо дете.\n= Глава 3 =\n7 Како треба да живеат Божјите луѓе\n<sup>1</sup>Погледнете колкава голема љубов покажа Небесниот Татко спрема нас! Тој толку многу нѐ засака, што нѐ прифати како Свои деца и ние сега навистина сме Божји деца! Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не нѐ препознаваат како Божји деца.\n<sup>2</sup>Драги мои, ние веќе сега сме Божји деца, но не можеме ни да си замислиме што ќе станеме допрва! Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е.\n<sup>3</sup>Секој што ја положил својата надеж во Него, ќе се пази да остане чист, токму како што и Христос е чист.\n<sup>4</sup>Секој што прави грев, го прекршува Божјиот закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на законот.\n<sup>5</sup>Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови. Во Него грев нема,\n<sup>6</sup>па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши. Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!\n<sup>7</sup>Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус.\n<sup>8</sup>А оној што продолжува да греши е на страната на ѓаволот, зашто ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави ѓаволот.\n<sup>9</sup>Тој што е препородено Божјо дете, нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо дете и не може да продолжи да греши.\n<sup>10</sup>Постои јасна разлика меѓу Божјите деца и децата на ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо дете.\n8 Да се сакаме еден со друг\n<sup>11</sup>Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг.\n<sup>12</sup>Да не бидеме како Каин, кој застана на страната на Злиот и го уби сопствениот брат. Зошто го уби? Бидејќи она што го правеше Каин беше погрешно, а она што го правеше неговиот брат беше правилно.\n<sup>13</sup>Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!\n<sup>14</sup>Ако ние, христијаните, се сакаме еден со друг, тоа докажува дека сме преминале од смрт во вечен живот. Оној што не ги сака другите христијани, сѐ уште е во стегите на смртта.\n<sup>15</sup>Секој што мрази некој од христијаните е убиец, а вие знаете дека ниту еден убиец во себе нема вечен живот.\n<sup>16</sup>Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов. Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани.\n<sup>17</sup>Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне?\n<sup>18</sup>Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот.\n<sup>19</sup>Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината, и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог.\n<sup>20</sup>Па и кога нашата совест нѐ обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае сѐ.\n<sup>21</sup>Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност.\n<sup>22</sup>Сѐ што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја.\n<sup>23</sup>А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг. Така ни заповеда и Исус.\n<sup>24</sup>Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив. Како знаеме дека Бог живее во нас? Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.\n= Глава 4 =\n9 Вистинскиот и лажниот дух\n<sup>1</sup>Драги мои, не верувајте му на секој што тврди дека во себе го има Божјиот Дух. Проверувајте дали духот што е во нив е од Бога, бидејќи по светот се појавија многу лажни пророци.\n<sup>2</sup>Вака ќе проверите дали некој во себе го има Божјиот Дух: ако проповеда дека Исус Христос дојде во човечко тело, тој е од Бога.\n<sup>3</sup>Секој што не Му оддава признание на Исус, не е од Бога, туку е од Антихристот. За Антихристот сте слушнале дека ќе дојде. Тој е веќе присутен во светот.\n<sup>4</sup>Чеда мои, вие Му припаѓате на Бог и веќе ги победивте овие непријатели. Божјиот Дух што е во вас е посилен од духот што е во световните луѓе.\n<sup>5</sup>Тие луѓе му припаѓаат на овој свет. Световно зборуваат и светот ги слуша.\n<sup>6</sup>Ние, пак, Му припаѓаме на Бог. Тие што Го знаат Бога, нѐ слушаат, а тие што не се на Божја страна, не нѐ слушаат. Така распознаваме дали некој е со Духот на вистината или со духот на заблудата.\n10 Бог е изворот на љубовта\n<sup>7</sup>Драги мои, треба да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта доаѓа од Бог. Секој што ги сака луѓето докажува дека е Божјо дете и дека Го познава Бога.\n<sup>8</sup>Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов.\n<sup>9</sup>Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него.\n<sup>10</sup>Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас нѐ сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.\n<sup>11</sup>Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.\n<sup>12</sup>Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас.\n<sup>13</sup>Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас.\n<sup>14</sup>Со свои очи видовме и им сведочиме на луѓето дека Небесниот Татко Го испрати Синот, Исус, да биде Спасител за светот.\n<sup>15</sup>Секој што го прифаќа Исуса како Божји Син, го има Бога во себе, а и тој е во Бога.\n<sup>16</sup>Сега знаеме колку многу Бог нѐ сака и имаме доверба во Него.\nБог е љубов! Секој што ги сака луѓето е во единство со Бога, а и Бог е во него.\n<sup>17</sup>Ако искрено се сакаме и ако живееме онака како што живееше Исус, нема причина да се плашиме од Судниот ден.\n<sup>18</sup>Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов.\n<sup>19</sup>Ние возвраќаме со љубов, зашто Бог прв нѐ засака.\n<sup>20</sup>Ако некој тврди дека има љубов спрема Бог, а мрази некој од христијаните, тој е лажливец. Ако не ги сака христијаните, кои му се пред очи, како ќе може да Го сака Бога, Кого не Го има видено?\n<sup>21</sup>Христос ни даде ваква заповед: Тој што Го сака Бога, треба да ги сака и христијаните околу себе.\n= Глава 5 =\n11 Верата победува\n<sup>1</sup>Секој што верува дека Исус е Месијата, е препородено Божјо дете. Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите деца.\n<sup>2</sup>По што знаеме дека ги сакаме Божјите деца? По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди.\n<sup>3</sup>Да Го сакаме Бог значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме.\n<sup>4</sup>Секој што е препородено Божјо дете може да надвладее против светот. Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос.\n<sup>5</sup>Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!?\n12 Тројно сведоштво за Исус\n<sup>6</sup>Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот. Не само преку вода, туку преку вода и крв. Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува.\n<sup>7</sup>Значи постојат тројца сведоци:\n<sup>8</sup>Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат.\n<sup>9</sup>Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син.\n<sup>10</sup>Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син.\n<sup>11</sup>Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син.\n<sup>12</sup>Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот.\n13 Одговор на молитви\n<sup>13</sup>Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.\n<sup>14</sup>Заради тоа ние имаме доверба во Бог и знаеме дека кога молиме нешто што е во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го исполни.\n<sup>15</sup>Знаеме дека кога се молиме Тој нѐ слуша и сигурни сме дека на нашите молитви ќе добиеме одговор.\n<sup>16</sup>Ако некој од вас гледа дека некој христијанин прави грев што не е за смрт, нека се помоли и Бог ќе му даде живот на оној што згрешил. Ова се однесува на гревови што не се смртоносни. Постои и смртоносен грев и јас не велам дека треба да се молите за оние што го извршиле тој грев.\n<sup>17</sup>Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен.\n<sup>18</sup>Знаеме дека ниедно Божјо дете не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син го чува и ѓаволот не може да допре до него.\n<sup>19</sup>Ние, христијаните, знаеме дека потекнуваме од Бог, а световните луѓе се под власта на ѓаволот.\n<sup>20</sup>Знаеме и дека Божјиот Син дојде и ни даде разум за да Го препознаеме вистинскиот Бог. Затоа ние сме во единство со вистинскиот Бог и со Неговиот Син, Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог, Тој е вечниот живот.\n<sup>21</sup>Чеда Божји, чувајте се од идоли!\nЗабелешки:\nar:الكتاب المقدس\nbs:Biblija\ncs:Bible\ncy:Beibl\nde:Bibel\nel:ءمكل أٌلِق\nes:Biblia\nfr:La Bible\nhe:ביבליה\nhr:Biblija\nit:Sacra Bibbia\nla:Biblia Sacra\nml:ബൈബിള്‍\npl:Biblia Gdaסska\npt:Bםblia\nro:Biblia\nru:ֱטבכט\nsl:Sveto pismo\nsr:ׁגועמ ןטסלמ\nsv:Bibeln 1917\nth:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ\ntr:İncil\nuk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2687, "cyrillic": 0.976}
{"id": "1918", "title": "Бугарската политика спрема Република Македониjа", "text": "Оваа страница е достапна под Creative Commons лиценца.Поточно, таа е достапна под лиценцата Creative Commons , позната и како „cc-by-3.0“.\nФОНДАЦИЯ МАНФРЕД ВЬОРНЕР MANFRED WÖRNER FOUNDATION\nБУГАРСКАТА ПОЛИТИКА СПРЕМА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА\nПрепораки за развоj на добрососедски односи\nпо приемот на Бугариjа во ЕУ\nи во контекст на проширувањето на ЕУ и НАТО\nво Западниот Балкан\nРазработени под раководството на Љ. Иванов,\nсо учество и придонес на\nЗ. Андонова, П. Атанасов, С. Бараков, Б. Бобев, Ж. Георгиев,\nГ. Даскалов, А. Димитров, Б. Димитров, Е. Еков, С. Елд’ров,\nВ. Илиев, З. Илиева, Н. Колев, К. Косев, М. Миланов,\nИ. Митов, П. Пантев, Г. Папакочев, А. Попов, А. Прванов,\nВ. Рачев, Н. Стоjанова, В. Текелов, М. Траjков,\nС. Хаџитодоров\nи др.\nСофиjа, jануари 2007 / jануари 2008\n:::::::::::::::::''... тешко е да му се објасни на светот зошто речиси''::::::::::::::::::::''со сите [земји околу нас] имаме проблеми,''::::::::::::::::::::::''а тие немаат толку меѓусебно.'':::::::::::::::::::::''(Утрински Весник - Скопjе, 31.12.2007)'':::::1. Основни елементи\n:::::Како балканска земjа членка на Европската Униjа и НАТО, со\n:::::непосредни граници со Западниот Балкан, Бугариjа jа има\n:::::посебната надлежност да гарантира (заедно со Грциjа) земjите\n:::::кандидатки од регионот да ги постигнат современите европски\n:::::стандарди за добрососедски односи, како и да се стави здрава и\n:::::траjна основа на билатералните односи меѓу Бугариjа и Република\n:::::Македониjа, што е од интерес не само за граѓаните на Бугариjа, туку\n:::::и во не помал степен за граѓаните на Република Македониjа, а од\n:::::тука и за успешниот развоj на балканскиот регион како модерен и\n:::::просперитетен дел од Обединета Европа.\n:::::Во последно време Бугариjа презеде два извонредно важни зафати\n:::::во таа насока, кои го обележаа краjот на една и почетокот на нова\n:::::етапа во неjзините односи со Република Македониjа.\n:::::Првиот чекор беа недвосмислени предупредувања кон Скопjе\n:::::од страна на Претседателот Георги Прванов и Надворешниот\n:::::министер Иваjло Калфин во 2006 година дека дадениот кредит\n:::::од безусловна бугарска поддршка за членство на Република\n:::::Македониjа во Европската Униjа и НАТО веќе е исцрпен и понатаму\n:::::бугарската поддршка ќе биде резултат од желбата и успехот на\n:::::Република Македониjа да отпочне и применува нормална политика\n:::::на добрососедство.\n:::::Вториот значаен чекор беше направен за време на посетата\n:::::на Претседателот Џорџ Буш на Софиjа во 2007 година кога и\n:::::Претседателот Прванов и Премиерот Сергеj Станишев му обрнаа\n:::::внимание на државниот глава на САД врз недобрососедската\n:::::политика на Република Македониjа.\n:::::По овие jасни политички пораки нагласени на наjвисоко ниво\n:::::потребно е да бидат конкретизирани и уточнети основните\n:::::елементи на бугарската политика во однос на целиот спектар од\n:::::специфички проблеми поврзани со развоjот на билатералните\n:::::односи меѓу Бугариjа и Република Македониjа во новите услови.\n:::::Овоj реферат формулира некои можни почетни точки за една\n:::::таква политика со предлог истите да бидат предмет на експертска\n:::::анализа со доследни политички решениjа и убрзана примена, како\n:::::и во некоа форма и предмет на отворена jавна дебата.\n:::::Основните бугарски акценти и визии во однос на повеќе прашања,\n:::::поврзани со политиката на Бугариjа кон Република Македониjа,\n:::::како и со релевантни аспекти на бугарските односи со трети земjи,\n:::::посебно Грциjа, Албаниjа, Косово и Србиjа, се формирани во разни\n:::::историски моменти и соодветно се производ на разни историски\n:::::реалности заради што се и внатрешно противречиви, а оттука и го\n:::::спречуваат секоj можен обид за доследна и проактивна политика.\n:::::Нешто повеќе, овие акценти и визии на никоj начин не ги\n:::::одразуваат наjновите реалности по 1 jануари 2007 година кога,\n:::::покраj членството во НАТО, Бугариjа веќе е и дел од Европската\n:::::Униjа, додека Република Македониjа сеуште не е. Во овие прилики,\n:::::сегашната анализа и препораките, кои проистекуваат од истата се\n:::::основуваат на ново разгледување и повторна оценка, бараjќи во\n:::::одредени аспекти и нови приоди.\n:::::Треба да констатираме дека македонистката кауза се радува на\n:::::повеќе внимание меѓу заинтересираните кругови и широката\n:::::публика во Европа, Соединетите Држави и Канада, а тоа го\n:::::има своето историско обjаснување. Република Македониjа\n:::::во последниве скоро дваесет години надградува аргументи и\n:::::пиар напори врз повеќе од четириесет години применувана\n:::::jугословенска политика, за кое време бугарската држава молчеше\n:::::и дефинитивно не правеше напори да создава застапници на\n:::::бугарската позициjа надвор од неjзините граници. Друг фактор\n:::::што го зголемува воспримањето на аргументите на македонистката\n:::::кауза е сочувството, кое се шири во jавноста на овие земjи кон\n:::::малата постjугословенска република, разгледувана како дете, но и\n:::::како жртва на победниците во Студената воjна.\n:::::Но вистината е, дека ако сега во предприсоединувачкиот период за\n:::::Република Македониjа неjзините билатерални односи со Бугариjа\n:::::не се изградат врз коректна и здрава добрососедска основа, потоа\n:::::Софиjа во многу мал степен ќе располага со инструменти со кои ќе\n:::::jа брани своjата кауза додека можностите на Скопjе ќе се зголемат.\n:::::А и наjjаките аргументи на Бугариjа тогаш би биле интелектуално и\n:::::морално ранливи. Ако поранешното молчење и пасивност имале\n:::::некакво обjаснување, сега, кога условот за добрососедска политика\n:::::од страна на секоj кандидат за членство во НАТО и Европската\n:::::Униjа е првостепенен критериум за пристап, секое наше молчење\n:::::ќе се толкува и од нашите партнери во Алиjансата и во ЕУ, а и во\n:::::самата Република Македониjа како да легитимира политики и\n:::::практики, кои ниедна земjа, коjа се почитува сама себе, не би ги\n:::::примила како добрососедски.\n:::::Овоj реферат ги разгледува пред се специфичките проблемни\n:::::моменти во односите помеѓу Бугариjа и Република Македониjа,\n:::::одбележуваjќи макар и не толку потенцирано и други релевантни\n:::::мерки како што се заедничките инфраструктурни и други\n:::::проjекти (вклучуваjќи ги тие од Европската Униjа и НАТО),\n:::::бугарските инвестиции во економиjата на Република Македониjа,\n:::::олеснувањата во добивање на бугарско државjанство за лица\n:::::од балканските земjи со бугарско потекло и стимулирањето на\n:::::нивниот пристап до бугарските високи училишта и сл., мерки кои\n:::::несомнено ќе бидат погодни за решавање, но сами по себе не\n:::::можат да ги решат проблемните моменти, за кои станува збор.\n:::::Овоj реферат целосно е насочен кон бугарската политика спрема\n:::::Република Македониjа. Посебни активности и политики во однос\n:::::на трети земjи, кон ЕУ и кон НАТО се предлагаат само и доколку тие\n:::::се суштински неопходни за постигнување на целите поврзани со\n:::::Република Македониjа.\n:::::1.1. Република Македониjа\n:::::Македонската нациjа и држава се формирани во процесот на\n:::::реализациjа и еволуциjа на српска политичка конструкција,\n:::::обjавена за прв пат во 1889 година, поддржана со едно решение\n:::::на Комунистичкиот интернационал во Москва во 1934 година\n:::::и остварена помеѓу 1944 и 1991 година во делот на историко-\n:::::географскиот регион Македониjа (околу 36% од неjзината вкупна\n:::::териториjа), познат како Вардарска Македониjа, вклучен во\n:::::териториjата на Jугославиjа и управуван од комунистичката партиjа\n:::::на Jугославиjа. Оваа идеjа прокламира дека, бугарското население\n:::::на Македониjа, кое живеело во тие земjи од VII век нема ништо\n:::::заедничко со бугарската држава и бугарската нациjа, тврдење\n:::::што противречи на историската вистина потврдена доминантно\n:::::во светската наука. Македонистката доктрина беше наметната во\n:::::Вардарска Македониjа со специфичките методи и средства за една\n:::::тоталитарна комунистичка држава: терор и репресии врз луѓето кои\n:::::се сметале бугари (30 000 стрелани и 120 000 испраќани во логори\n:::::и затвори); пренапишување на историjата преку образованието\n:::::и медиумите; фалсификување на автентични документарни\n:::::свидетелства и артефакти, и преправување на историските\n:::::споменици (натписи врз цркви, манастири, гробови и сл.).\n:::::Слични активности во една или друга форма постоjат и денес во\n:::::современата македонска државност. Причина за тоа е изборот за\n:::::понатамошниот развоj на новоформираната македонска нациjа коj\n:::::беше направен во услови на новата независна држава Република\n:::::Македониjа во почетокот на 90-те години на минатиот век. Едната\n:::::можност (и денес актуелна) беше да се отчитаат обjективните\n:::::параметри на овоj развоj такви како што се: самостоjна државност\n:::::во рамки и граници на Република Македониjа (заедничка држава\n:::::на етнички македонци и албанци); промени во етничката самосвест\n:::::на голем дел од населението на Вардарска Македониjа (денешна\n:::::Република Македониjа) по 1944 година; многувековен историски\n:::::развоj на основниот дел од населението во денешните земjи на\n:::::Република Македониjа како составен дел од бугарската народност;\n:::::и сочуваната бугарска етничка припадност на одреден дел од\n:::::граѓаните на Република Македониjа. Другата можност, за жал\n:::::преферирана од политичката елита на новата држава, беше\n:::::српско-jугословенскиот проект, применуван без измени, секогаш\n:::::на антибугарска основа, веќе во поразлична средина и делумно со\n:::::нови протагонисти и носители.\n:::::Со други зборови, во условите на независност, утврдувањето\n:::::на посебна македонска нациjа продолжи не врз база на\n:::::признавање и прифаќање на стварното историско минато на\n:::::населението на Вардарска Македониjа, туку врз претходната база\n:::::на фалсификување на тоа минато и проектирање на процеси,\n:::::поврзани со одредена териториjа и одреден период (Вардарска\n:::::Македониjа во рамките на Jугославиjа, 1944 - 1991 година) во други\n:::::територии и други времиња. Доколку историjата на населението\n:::::на Република Македониjа има нешто заедничко со историjата на\n:::::соседните земjи, овоj проект на пренапишување на историjата\n::::: (назад до Преродбата, Средните векови, па дури до Античноста)\n:::::со цел да се нагоди историската национална идентичност на\n:::::населението на Република Македониjа на денешната, директно\n:::::jа погодува и во суштина се обидува во некоj степен да jа\n:::::предефинира историската, а оттаму и современата национална\n:::::идентичност на соседните народи и наjмногу бугарската – нешто\n:::::што нормално тие народи го сметаат за категорично неприфатливо.\n:::::Важна нова околност во ова продолжение на стариот проект е\n:::::дека неговите носители и промотори денес се не само политички\n:::::и други средини кои се идејно-политички и биографски поврзани\n:::::со бившата jуго-номенклатура, туку се и нивните идеjни опоненти,\n:::::вклучуваjќи ги и тие, кои биле репресирани како бугари или\n:::::бугарофили во минатото.\n:::::Самото име „Република Македониjа”, покасно, заради\n:::::недобрососедската политика на Скопjе создаде проблеми во\n:::::традиционалната употреба на името „Македониjа” за другите\n:::::позначаjни делови на географскиот регион со исто име – Бугарска\n::::: (Пиринска) Македониjа и Грчка (Егеjска) Македониjа.\n:::::Во таа смисла, дадениот од Бугариjа почетен кредит на доверба со\n:::::безусловно признавање на новата независна држава во 1992 година\n:::::беше инвестициjа во корист на добрите односи меѓу двете земjи, коjа\n:::::за жал не наиде на реципроцитет. Во перспективата на изминатото\n:::::време, тогашното признавање без обврзување на новата држава\n:::::со jасни стандарди за добрососедска политика, како да го поттикна\n:::::продолжувањето на старата jугомакедонска политика, наместо да ги\n:::::стави билатералните односи на нова основа.\n:::::Овие односи денес во значајна степен се неискрени (скопски\n:::::претставници зборуваат едно за време на посетите во Софија,\n:::::и друго дома или пред трети страни), а имајќи го предвид\n:::::значителното разминување меѓу јавното мислење во Бугарија и во\n:::::Република Македонија, постои потенцијал за идно влошување, за\n:::::кое не би требало да има место помеѓу две европски земји, уште\n:::::помалку помеѓу две (во перспектива) членки на ЕУ.\n:::::Затоа, со оглед на евентуелната покана за членство во НАТО и на\n:::::претстоjниот преговорен процес за присоединување на Република\n:::::Македониjа кон Европската Униjа, Бугариjа не може да не побара\n:::::директно и/или со користење на можностите, предлагани од\n:::::технологиjата на процесот на присоединување и од бугарскиот\n:::::статус на полноправен член, следново:\n:::::1.1.1. Стриктно применување од страна на Република Македониjа\n:::::на заедничката Декларациjа од 22 февруари 1999 година, коjа\n:::::ги истакнува договорените от Бугариjа и Република Македониjа\n:::::фундаментални принципи на добрососедски односи меѓу двете земjи,\n:::::со регистрирање и отворено посочување на сите констатирани\n:::::прекршоци на Декларациjата. Строгиот мониторинг за неjзиното\n:::::применување треба да стане составен дел од оценките на Бугариjа\n:::::и ЕУ за напредокот на Република Македониjа во постигнувањето на\n:::::задолжителните услови и стандарди (вклучително условот за водење\n:::::на политика на добрососедство) за членство во ЕУ и слично за НАТО.\n:::::Причината за истакнување пред ЕУ на проблемите, поврзани со\n:::::примената на Декларациjата од 1999 година, е дека неjзиното\n:::::неисполнување предизвикува сериозни проблеми во билатералните\n:::::односи меѓу Бугариjа и Република Македониjа, кои недопустливо е да\n:::::постоjат по членството на Република Македониjа во ЕУ.\n:::::Во самото решение, кое препорачува отпочнување на\n:::::преговорниот процес за присоединување на Република\n:::::Македониjа кон ЕУ треба, на барање на Бугариjа, да биде\n:::::ставено задолжението на Скопjе стриктно да jа исполнува\n:::::Декларациjата од 1999 година. Во процесот на преговорите\n:::::Бугариjа да jа претставува на Европската Комисиjа своjата оценка\n:::::за исполнувањето на Декларациjата, а доказите за неисполнување\n:::::на Декларациjата во целина да бидат содржани во годишните\n:::::извештаи на Европската Комисиjа за напредокот на Република\n:::::Македониjа во областа на исполнување на критериумите за\n:::::членство за да не се отвараат и/или затвараат преговорни глави\n:::::без да се исполнети соодветните услови.\n:::::Оценките треба да се однесуваат единствено до реалните\n:::::активности на Република Македониjа, а не на обjавени добри\n:::::намери (вината за неисполнување на такви намери згодно се\n:::::пишува на „старите сили”, „српското влиjание” и т.н. Се разбира, би\n:::::било наивно да се мисли дека дури декларативните добри намери\n:::::се нешто друго освен коњунктурен однос, сметан за потребен\n:::::единствено до присоединувањето кон ЕУ и НАТО).\n:::::1.1.2. Престанок на малтретирањето на граѓани на Република\n:::::Македониjа, кои се самоидентификуваат како бугари. Ова\n:::::малтретирање вклучува: часови сослушувања во полициjа на\n:::::граѓани на Република Македониjа без да се сторители на било\n:::::какви прекршоци, освен дека некаде се обjавиле за бугари;\n:::::отпуштање од работа; притисок врз jавни организации на бугари и сл.\n:::::1.1.3. Рамноправност на бугарите во Република Македониjа (сите,\n:::::кои jасно се самоидфентификуваат како такви) со останатите етноси\n:::::во склад со локалното национално законодавство, кое предвидува\n:::::нивно наброjување во преамбулата на Уставот на земjата; покраj\n:::::наброените албанци, турци, власи и роми, и потоа додадени срби\n:::::и босанци, треба да наjдат место и бугарите, независно од нивниот\n:::::броj, официjално деклариран во Република Македониjа.\n:::::Во таа врска, битно е да се разгледа тезата, дека денешните етнички\n:::::македонци (небугари) и етничките бугари во Република Македониjа\n:::::се „исти”, дека меѓу нив нема разлика, при што тоа се разбира во\n:::::сосема спротивна смисла: под „вкупно” едни разбираат дека сите\n:::::се македонци (небугари), додека други имаат предвид дека сите се\n:::::бугари (во некоа смисла; или според некои, наjмалку во процес на\n:::::„ребугаризациjа”).\n:::::И двете толкувања на оваа теза се неприфатливи доколку грубо го\n:::::нарушуваат основниот принцип на етничко самоопределување: секоj\n:::::сам да се определува каков е, што значи други да не определуват\n:::::наместо него, а и тоj да не определува за други. Бугариjа мора строго\n:::::да го исполнува овоj принцип и на никоj начин да не се асоцира\n:::::со толкувања кои го нарушуваат. Штом има македонци, кои се\n:::::самоопределуваат како небугари (се разбира дека тука станува збор\n:::::само за потомци на македонски бугари, а не за албанци, власи, турци\n:::::и други етнички групи во Вардарска Македониjа), не може друг да\n:::::тврди дека македонци и бугари се едно исто. Штом има македонци\n:::::кои се самоопределуваат како бугари, не може друг да тврди дека\n:::::македонци е равно на небугари. (Такви ставови е нормално да\n:::::постоjат во рамките на етничката самоидентификациjа на одделни\n:::::лица или слободата на словото на граѓаните и невладините средини,\n:::::но немаат место како државна позициjа.)\n:::::И двете толкувања не одговараат на современите реалности\n:::::доколку од една страна, како резултат од настанати промени\n:::::во последниве шеесет години мнозинството од потомци\n:::::на македонските бугари во Република Македониjа денес се\n:::::самоидентификуваат како етнички македонци (небугари), а од друга\n:::::страна факт е дека дел од населението jа чува своjата бугарска\n:::::етничка припадност. Jасно е дека првите и вторите нема како\n:::::да бидат едно исто, затоа што се разликуваат по своjата етничка\n:::::самоидентификациjа. Со други зборови, оваа теза е фактички\n:::::невистинска. А доколку соодносот меѓу двете заедници е видливо\n:::::во корист на првата, одрекувањето на постоjната разлика означува\n:::::присоединување кон каузата на антибугарскиот македонизам и\n:::::делува пред се на штета на бугарите.\n:::::Затоа задолжително е, а и совршено нормално, согласно\n:::::современите европски стандарди, етничките бугари во Република\n:::::Македониjа да не бидат ставени во нерамноправна положба во\n:::::споредба со други етноси.\n:::::Таква грижа од страна на Бугариjа кон бугарите, државjани на\n:::::Република Македониjа, е во склад со Декларациjата од 1999 година.\n:::::Вреди да се одбележи дека во овоj важен аспект Декларациjата\n:::::суштински е асиметричка и ги исклучува активностите на Скопjе\n:::::во заштита на статусот на лица во Бугариjа, кои не се државjани на\n:::::Република Македониjа.\n:::::Што се однесува до евентуелниот број на бугарското малцинство\n:::::во Република Македониjа и стравот дека неговото официjално\n:::::признавање би го покажало неговиот мал броj, бугарската политика\n:::::треба да се базира на реалностите такви какви се. Нашиот\n:::::досегашен однос на одбегнување на прашањето за признавањето\n:::::на бугарското малцинство дозволува две можни толкувања. Едното\n:::::е дека наспроти зголемениот броj на лица, кои добиле бугарско\n:::::државjанство, таму практички нема такво малцинство, а станува\n:::::збор за некакви „криптобугари” чиj броj ќе намалува со смената на\n:::::генерациите. Другата се основува на претставата дека бугари во\n:::::Република Македониjа има, но тие се повеќе од малцинство; дека\n:::::таму се одвива наводно сеопфатен процес на „ребугаризациjа” коj во\n:::::непосредна иднина ќе ги врати вардарците на патот на историскиот\n:::::континуитет, карактеристичен за соседна Пиринска Македониjа.\n:::::Очигледно, овие две оценки се разнопосочни, се основуваат на\n:::::прифаќането на одделни случаи како сеопшти, а не на обjективни\n:::::репрезентативни податоци за процесите, и во секоj случаj со\n:::::нивното визирање на некакви претпоставени идни реалности не се\n:::::придонесува за реализмот на актуелната ни политика.\n:::::Неоправдан е и стравот дека признавањето на бугарското\n:::::малцинство би го „капсулирало” одделно од доста помногуброjната\n:::::категориjа жители (може би двеста иљади според некои\n:::::условни експертски проценки) на Република Македониjа кои\n:::::имаат дуалистичка етничка самосвест на македонци и бугари\n:::::истовремено. Истакнатите бугари во Република Македониjа повеќе\n:::::пати изjавувале дека чувствуваат потреба од покатегорична и\n:::::активна поддршка од страна на Бугариjа. Несомнено, важен елемент\n:::::од таква поддршка би била грижата за бугарското малцинство, чие\n:::::признавање, позабележливо присуство и активност, и во краjна\n:::::мера самоувереност, би го заjакнало, а не ослабело и бугарското\n:::::каj оние, кои се самоопределуваат истовремено како бугари и како\n:::::македонци. (Вреди да се одбележи за споредба, дека тие што се\n:::::самоиндентификуваат како етнички македонци, небугари во Бугариjа\n:::::не се плашат од никакво „капсулирање” во своето одграничување\n:::::од бугарите, и нивната кауза е добро претставена и популаризирана\n:::::пред меѓународната заедница.)\n:::::1.1.4. Престанување на образованието по историjа со учебници,\n:::::кои целосно jа фалсификуваат историjата и содржат навредливи\n:::::квалификации за бугарската држава и нациjа, кои граничат со\n:::::отворен расизам. На бугарско барање, во учебниците, официjално\n:::::одобрени од надлежните органи на Република Македониjа\n:::::изричито да биде истакната бугарската народносна припадност\n::::: (утврдена од светската историска наука) на истакнати фигури од\n:::::нашата општа историjа како Св. Климент Охридски, Цар Самуил,\n:::::браќа Миладиновци, Гоце Делчев.\n:::::Образовниот систем (од основно училиште до универзитетот)\n:::::е основен инструмент за создавање на силни и масовни\n:::::антибугарски ставови меѓу населението на Република Македониjа\n::::: (убедување дека Бугариjа е окупатор, асимилатор, разделител на\n:::::македонскиот етнос), ставови на кои политиката на Република\n:::::Македониjа останува постоjан заложник независно од политичките\n:::::промени и смени на власта.\n:::::Битно е да се подвлече дека отстранувањето на фалсификатите\n:::::од учебниците и престанувањето на антибугарската медиумска\n:::::пропаганда не би jа лишило Република Македониjа од темели\n:::::за неjзиното постоење. Државата може да продолжи да постои\n:::::врз основа на денешните реалности без да ги проектира\n:::::ретроспективно за изградување на некое неостварено минато, да\n:::::постои признаваjќи ги бугарските историски реалности. Точно така\n:::::како што Бугариjа може да ги признава денешните реалности без да\n:::::го пренесува минатото во сегашното.\n:::::1.1.5. Возобновување на уништените или фалсификувани натписи\n:::::врз цркви, манастири, икони, фрески, чешми, мостови и сл., во\n:::::склад со постоечките меѓународни стандарди во таа област.\n:::::1.1.6. Помош за возобновување, односно отстранување на\n:::::пречките за возобновување на 471 бугарски воени гробишта – едно\n:::::особено болно прашање за Бугарија.\n:::::1.2. Албаниjа и Косово\n:::::Немаловажен дел од обидите за ретроспективно санирање на\n:::::српско-jугословенскиот проект за создавање на македонска нациjа\n:::::се напорите на Скопjе за припојување кон тоj проект на потомците\n:::::на македонските бугари во Грчка Македониjа и некои области на\n:::::Албаниjа и Косово. Иако со скромни можности, Република Македониjа\n:::::инвестира значителен пропаганден, политички и материален ресурс\n:::::за оваа цел и соодветно постигнува одреден резултат.\n:::::Макар и не толку броjни, бугарите, кои го сочувале своjот етнички\n:::::идентитет во Грциjа, Албаниjа и Косово се важен доказ за вистината\n:::::за историското минато на географскиот регион Македониjа.\n:::::Затоа, особено во контекстот на интеграциониот процес на\n:::::присоединување на Албаниjа кон ЕУ и НАТО, респективно\n:::::утврдувањето на Косово како независна држава и неjзиното\n:::::доследно интегрирање во ЕУ и НАТО, Бугариjа треба да побара:\n:::::1.2.1. Рамнопоставеност на бугарите во Албаниjа со останатите\n:::::етноси во склад со практиката и законодавството на земjата во\n:::::таа област, т.е. официjално признавање на бугарското малцинство\n:::::покраj другите официjално признати малцинства – независно од\n:::::броjот на самоидентификуваните како бугари. Почитувањето на оваа\n:::::рамнопоставеност треба да биде составен дел од оценките на Бугариjа\n:::::и ЕУ за напредокот на Албаниjа во постигнување на задолжителните\n:::::услови и стандарди за зачленување во ЕУ, и слично за НАТО.\n:::::1.2.2. Рамноправност на бугарите во Косово (независно од нивниот\n:::::броj) со останатите етноси, коjа треба благовремено да наjде место\n:::::во сегашната локална практика и законодавство во оваа област.\n:::::Напредокот на косовските институции во оваа насока треба да\n:::::се истакне при определување на бугарската позициjа и учество\n:::::во утврдувањето и изградбата на независно Косово, а во текот на\n:::::времето и составен дел од оценките на Бугариjа и ЕУ за напредокот\n:::::на Косово во постигнување на задолжителните услови и стандарди\n:::::за зачленување во ЕУ, и слично за НАТО.\n:::::Бугариjа треба да го интензивира присуството меѓу бугарите во\n:::::Албаниjа и Косово, вклучително преку субсидирање на заеднички\n:::::невладини проекти, да го стимулира пристапот до бугарските високи\n:::::училишта и олесни давањето на бугарско државjанство на лицата од\n:::::бугарско потекло, како и веднаш да започне преговори за официjално\n:::::признавање на бугарските малцинства во двете земjи.\n:::::1.3. Грциjа\n:::::Релевантноста на политиката и поведението на Грциjа кон\n:::::проблемите на добрососедските односи помеѓу Бугариjа и\n:::::Република Македониjа во контекстот на проширувањето на ЕУ и\n:::::НАТО во Западниот Балкан проистекува од неколку фактори: Грциjа е\n:::::првата земjа членка на ЕУ на Балканот со важно учество и придонес\n:::::кон успешното проширување на НАТО и ЕУ со Бугариjа и Романиjа;\n:::::грчката териториjа вклучува преку половина од географскиот регион\n:::::Македониjа, како што истиот се разбира од XIX век наваму (во Грциjа\n:::::е и неговиот главен град Солун); и се разбира, благодарение на\n:::::нивното историско паметење грците – исто како и албанците – се\n:::::свесни за бугарскиот етнички карактер на Вардарска Македонија во\n:::::минатото и неговата еволуција во последните децении.\n:::::И покрај тоа, што грчките проблеми во билатералните односи со\n:::::Република Македонија бележат низа битни разлики од бугарските,\n:::::Грција е не помалку заинтересирана Република Македонија да\n:::::ги прифати современите европски стандарди за добрососедски\n:::::односи. Бугарија и Грција можат да придонесат (вклучително\n:::::и заеднички) за оваа насока во процесот на подготовката на\n:::::Република Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО. Посебно:\n:::::1.3.1. Бугарија и Грција би можеле да инициираат во рамките\n:::::на Европската Унија разработката и прифаќање на соодветно\n:::::''acquis communautaire'' во областа на образованието, кое да\n:::::овозможи одреден општ стандард на објективност во школското и\n:::::академското образование по историја.\n:::::Што се однесува до потомците на македонски бугари што денес\n:::::се наоѓаат во Грција (после неколкукратнa договорена или\n:::::дефакто размена на население меѓу Бугарија и Грција во минатото,\n:::::за последен пат по Втората светска војна), преовладувачкото\n:::::мнозинство од нив се самоидентификуваат етнички како грци,\n:::::одреден број како етнички бугари, а други како етнички македонци.\n:::::Во склад со грчкото правно законодавство (кое во однос на\n:::::малцинствата се одликува од тие на Република Македонија и\n:::::Албанија) и сегашната договорна база на билатералните односи\n:::::меѓу Грција и Бугарија, малцинствената тематика не е актуелна на\n:::::ниво меѓудржавни односи, а треба да се разгледува поточно како\n:::::применување на специфички права на граѓани на Европската Унија.\n:::::Во заклучок, како член на ЕУ и НАТО Бугарија има одредена\n:::::одговорност за развојот на добрососедските односи во процесот\n:::::на европската и атлантската интеграција на Западниот Балкан, кое\n:::::бара одредени решенија и дејства. По датата 1 јануари 2007 нема\n:::::како да биде аргументирано било какво и да е забавување или\n:::::абдикација од оваа национална одговорност, уште повеќе, имајќи\n:::::го предвид значајниот политички, финансиски и друг ресурс со\n:::::кој денес располага Бугарија како земја членка на ЕУ и НАТО, со\n:::::стабилна економија и влијателни сојузници и партнери. Отпадна\n:::::и досегашното оправдание дека целото внимание и национален\n:::::ресурс беа мобилизирани за внатрешни реформи и за европското\n:::::и атлантското интегрирање на земјата. Бездејноста на одговорните\n:::::бугарски институции не само би била на сериозна штета на\n:::::бугарскиот национален интерес, туку би легитимирала, толерирала\n:::::и по суштество поттикнала антибугарскиот македонизам со\n:::::неговите политики и практики од минатото, кои немаат место во\n:::::евроатлантското семејство од нации.\n:::::2. План за дејствување\n:::::2.1. Рамка\n:::::Практичката реализација на една нова бугарска политика во однос\n:::::на Република Македонија го бара разработувањето и прифаќањето\n:::::на план за дејство со јасно дефинирана рамка, која да определи:\n:::::2.1.1. Инструментите за применувањето на бугарската политика\n::::: (институции како министерства, државни агенции, општини,\n:::::амбасади, исто и научни установи, лобисти, политичари и др.);\n:::::2.1.2. Конкретните чекори, кои ќе бидат преземени за достигнување\n:::::на поставените цели;\n:::::2.1.3. Формата под која бугарските државници и политичари би\n:::::требало да ги изложуваат јавно штетите што произлегуваат од\n:::::политиката на Република Македонија и за време на своите посети\n:::::таму или на меѓународни форуми да повторуваат барањата на\n:::::Бугарија за одржување на добрососедски односи;\n:::::2.1.4. Неопходниот политички и финансиски ресурс, кој ќе треба\n:::::да се инвестира за лобирање на меѓународна поддршка и за\n:::::спроведување на отворена и активна кампања спроти негативната\n:::::пропаганда во Република Македонија;\n:::::2.1.5. Приоритетните цели од наведените, во склад со ресурсите,\n:::::неопходни за нивното постигање и нивното значение за промена\n:::::на негативните ставови присутни меѓу повеќе граѓани на Република\n:::::Македонија.\n:::::2.2. Дејности\n:::::Предложените основни елементи на бугарската политика спрема\n:::::Република Македонија дефинираат едно битно преосмислување на\n:::::целиот спектар на бугарските надворешнополитички односи, при\n:::::што проблематиката „Бугарија – Република Македонија“ да биде\n:::::вплетена со звучењето на овој нацрт:\n:::::2.2.1. На прво место, неопходна е солидна внатрешно-бугарска\n:::::подготовка на еден пакет од историски, културни, политички,\n:::::географски, етнографски, економски и други аргументи во\n:::::корист на горенаведените тези, пакет, кој би станал база за\n:::::надворешнополитичката позиција на земјата. За целта постојат\n:::::доволно претпоставки, како од пред 1989 година, така и од поново\n:::::време. Водечко во пакетот следува да биде позитивниот однос кон\n:::::Република Македонија, основан на разбирањето дека една млада\n:::::држава има перспектива за развиток стапувајки на конструктивни\n:::::активности и достигнувања по своето создавање, без да бара\n:::::поткрепа во некакво измислено минато.\n:::::2.2.2. Овој бугарски пакет треба да биде добро балансиран со\n:::::конзистентната политика на Атина за заштита на грчките интереси\n:::::од недобрососедска политика на Република Македонија, така што\n:::::општото применување да биде кооперативно спрема Скопје, а\n:::::по можност – кумулативно и координирано. По однос на Грција\n:::::треба да се истакне долгиот и тежок бугарски период на транзициjа\n:::::при која националниот политички ресурс беше приоритетно\n:::::ориентисан кон постигање на целосното членство на земјата\n:::::во НАТО и ЕУ, како причина на досегашната бугарска пасивност\n:::::кон недобрососедската политика на Република Македонија.\n:::::Не се наметнува да се бара некаква посебна база за соработка\n:::::со Грција освен регионалните одговорности на двете земји\n:::::како членки на ЕУ и НАТО и примена на европските стандарди\n:::::спрема Скопје. Сeпак, бугарската позиција кон Република\n:::::Македонија би била попринципна и силна, ако во даден момент\n:::::се случи грчките претензии кон Скопје да се противречливи\n:::::со европските стандарди, Бугарија да поткрепи позицијата на\n:::::Република Македонија. Не треба меѓународната јавност, а и\n:::::јавноста во трите земји, да останат со впечаток дека бугарскиот\n:::::надворешнополитички инструментариум по однос на Република\n:::::Македонија е реплика, имитација на грчкиот.\n:::::2.2.3. Шеснаесет години после признавањето на суверенитетот\n:::::на Република Македонија веќе е време конечно да се надживее\n:::::патерналистичкото третирање на помалата соседна држава, како и\n:::::да се потврди категоричката позиција на Бугарија дека не се можни\n:::::територијални претензии од страна на Софија, која е член на НАТО и ЕУ.\n:::::2.2.4. Клучната дипломатска концепција треба да биде\n:::::интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и НАТО како повод за\n:::::приопштувањето кон бугарската нација на бугарите од Република\n:::::Македонија, Србија, Албанија и Косово, со достигање на бараниот\n:::::стандард за национални и етнички малцинства во рамките на ЕУ.\n:::::2.2.5. Новата бугарска активност треба претходно да биде\n:::::подготвена врз основа на критичка анализа на Декларацијата\n:::::од 1999 година и нејзината примена и со образложението за нас\n:::::самите на една целосна концепција за иднината на нашите односи\n:::::со народот и државата на Република Македонија, сето тоа гледано\n:::::преку очекувањата за коректни и позитивни односи со Република\n:::::Македонија како идна земја од НАТО и ЕУ. Ова наметнува целосно\n:::::и спокојно координирање на бугарските позиции со САД и другите\n:::::сојузници од НАТО и ЕУ, започнувајки со најбитните меѓу нив, а\n:::::потоа при позитивни реакции – и со поспецијалните случаи какви\n:::::што се Грција и другите релевантни балкански земји: Романија,\n:::::Кипар, Словенија и Турција. Соодветно внимание треба да им\n:::::се обрне на земји како Полска, Словачка и Чешка (а донекаде и\n:::::Русија), чии политичари и научници давале некаква поддршка на\n:::::југословенските разбирања за македонското прашање. Во крајна\n:::::сметка, за секоја држава со која имаме дипломатски односи е\n:::::неопходно разработувањето на специфички приод за нејзиното\n:::::присоединување кон бугарската теза.\n:::::2.2.6. Неопходно е максимално широко популаризирање на\n:::::нашата верзија во европскиот медиумски простор, вклучително\n:::::со користење на познати за просечниот граѓанин на ЕУ примери\n:::::како Германија и Австрија, или Романија и Молдавија, каде\n:::::изградувањето на нови нации на базата на самостојно државно\n:::::постоење не е придружено со негативизам од македонистки тип.\n:::::2.2.7. Неопходен е и постојан притисок по конкретни поводи во\n:::::меѓународни правобранителски институции, вклучително преку\n:::::невладини организации, кои се ангажирани со прашањето.\n:::::2.2.8. Детално „досие” треба да ги опише долгогодишните\n:::::опструкционистки дејства на Скопје, кои го спречуваат развојот на\n:::::конструктивни врски и покрај добронамерната нагласа на Бугарија.\n:::::2.2.9. Посебно, да се истакнат и конкретните дејства и настани,\n:::::поттикнале Бугарија да ја активира својата критичка позиција\n:::::спрема Република Македонија.\n:::::2.2.10. Добро е да се разјаснат и врските на истакнати претставници\n:::::на елитата на Република Македонија, кои работаат за влошување\n:::::на односите со Бугарија, кои одржуваат контакти и врски со\n:::::специјалните служби на Милошевиќ од блиското минато, како и со\n:::::антидемократските кругови во Србија денес.\n:::::2.2.11. Како земја донор за Целите на илјадолетието за развојот на\n:::::ООН, Бугарија реши да сосредоточи одредени напори и ресурси\n:::::во неколку приоритетни земји бенефициенти меѓу кои е вклучена\n:::::и Република Македонија. Во рамките на оваа помош (за која ќе\n:::::се оддели 0,17% од бруто домашниот производ во 2010 и 0,33%\n:::::во 2015), Бугарија да разработи посебна програма со која да\n:::::даде на Република Македонија корисно искуство, потпомагање\n:::::и партнерство во реформите и евроатлантската интеграција.\n:::::Уште повеќе дека граѓанскиот сектор во земјата, локалната власт,\n:::::администрацијата и бизнисот натрупаа уникатно искуство од\n:::::подготовката за присоединување кон ЕУ, искуство, кое е апсолутно\n:::::релевантно за условите и почетната положба позиција на земја како\n:::::Република Македонија (и некои други земји во Западниот Балкан).\n:::::Една ваква помош е стратешка инвестиција за добрососедските\n:::::односи и неразбирлив би бил пропустот да се остави таа на други.\n:::::2.2.12. Во рамките на општата практика за издавање визи на ЕУ\n:::::да се откријат сите можни олеснувања за пристап во Бугарија на\n:::::граѓаните на Република Македонија, при што бугарскиот визен\n:::::режим за нив како минимум да биде не помалку либерален од\n:::::грчкиот. Олеснување на прекуграничните врски и соработка со\n:::::отварање на повеќе гранични премини.\n:::::2.2.13. Да се создадат условите за зачувување и проширување опсегот\n:::::за школување во бугарски колеџи и универзитети на студенти од\n:::::Република Македонија; да се создадат соодветни форми за одржување\n:::::на понатамошни контакти меѓу и со нив, како природно бугарско\n:::::лоби во нивната земјата, и како пожелни потенцијални учесници во сe\n:::::попривлечниот бугарски пазар на трудот.\n:::::2.2.14. Да се изгради административен капацитет за полесно и убрзано\n:::::добивање на бугарско државјанство, а времетраењето на процедурата\n:::::се скрати од години на месеци. Бугарија одредено е на прагот на нова\n:::::етапа од својот социјално-економски и демографски развој, битна\n:::::карактеристика на која ќе биде предизвиканата од потребностите\n:::::на бугарскиот бизнис масовна имиграција во земjата – спонтана\n:::::или управувана преку проактивна политика на привлекување и\n:::::интеграција на имигранти. Бугарските државјани во Република\n:::::Македонија се битен природен ресурс во тој поглед. И се разбира,\n:::::бугарското државјанство на веќе значителен и зголемен број жители\n:::::на Република Македонија гарантира сите меѓународноправни основи,\n:::::Бугарија да интервенира и се грижи за нивните права и интереси.\n:::::2.2.15. Да се активира дејноста на Бугарскиот културно-\n:::::информативен центар во Скопје за популаризирање на бугарската\n:::::култура и политика во Република Македонија, со инвестирање\n:::::на неопходниот ресурс. Да се создадат бугарски културно-\n:::::информативни центри во Тирана и во Приштина.\n:::::2.2.16. Да се поттикне бугарскиот невладин сектор и бизнисот да\n:::::бидат партнери на жители на Република Македонија во нивните\n:::::локални иницијативи за бугарска културно-просветна дејност\n::::: (создавање на бугарски читалишта, клубови и др.) во различни\n:::::населени места на соседната земја.\n:::::2.2.17. Поткрепа на истакнатите културни, политички и медиумски\n:::::лидери на бугарската заедница во Република Македонија,\n:::::потпомагање популаризирањето на нивното дело и во двете земји.\n:::::2.2.18. Да се побара помошта на Бугарската православна црква, во\n:::::духот на нејзините историски традиции и можности, за допринос во\n:::::зближувањето на двата народи.\n:::::2.2.19. Нема сомневање дека во последните години еден од\n:::::најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи\n:::::е прашањето за регистрацијата на ОМО Илинден. И Скопје, и\n:::::правобранителски организации како Хелзиншкиот комитет ја ставиа\n:::::оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија не печели.\n:::::Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува сe потешко\n:::::одбранлива теза, посебно после евентуелното членство на Република\n:::::Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред\n:::::сe правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би\n:::::биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение.\n:::::2.2.20. Независно каква политика спроведуваат владите на Бугарија\n:::::и Република Македонија, и во двете земји имало и ќе има слободни\n:::::интелектуалци, медии и граѓански групи, кои заштитуваат идеи,\n:::::кои немаат ништо општо со добрососедството. Овие локални\n:::::фактори имаат способноста да влијаат врз јавното мислење, да\n:::::формираат ставови кон соседот, а понекогаш да применуваат и\n:::::политичко влијание. Силата на најкрајните меѓу нив е во тоа, што\n:::::во национален контекст тие обично немаат опонент. Нивните идеи\n:::::се монологични, нема дијалог, полемика, судир на факти, аргументи\n:::::и интерпретации. Најлошото на оваа ситуација е дека широката\n:::::јавност во Бугарија и во Република Македонија не ги познава\n:::::причините, историјата и аргументите на другата страна. Со оглед\n:::::на една отвореност, добронамерност и подобро запознавање на\n:::::другиот, бугарската страна да инициира одржување на публични\n:::::форуми и дебати во Бугарија и во Република Македонија, со широк\n:::::одзвук во медиите, по сите спорни културно-историски теми.\n:::::Доколку Бугарија ја изгради својата политика спрема Република\n:::::Македонија на нивото на денешните предизвици – а би било\n:::::национална безодговорност да се пропушти сегашната историска\n:::::можност – ова условува и соодветната добра подготовка на\n:::::бугарската јавност, медии и официјални институции, која да ги\n:::::обезбеди поволните услови за успех.\nОвие препораки се разработени под раководството\nна вишиот стручен соработник д-р Љубомир Иванов,\nИнститут за математика и информатика,\nБугарска академиjа на науките (БАН);\nПретседател, Фондација Манфред Вернер;\nПретседател, Атлантски Клуб на Бугариjа\nСо учество и придонес на:\n:::::Д-р Зоjа Андонова, Уредник, списание „Бугариjа Македониjа”\n:::::Амбас. Петар Атанасов\n:::::Доц. д-р Стојан Бараков, Правно-историски факултет, Југозападен\n:::::универзитет „Неофит Рилски”, Благоевград\n:::::Амбас. д-р Боби Бобев\n:::::Д-р Живко Георгиев, Директор стратешки истражувања, Фондација\n:::::Манфред Вернер\n:::::Проф. д-р Георги Даскалов, Историски факултет, Софиски\n:::::универзитет „Св. Климент Охридски”\n:::::Виш стручен соработник д-р Ангел Димитров, Институт за историjа,\n:::::БАН\n:::::Проф. д-р Божидар Димитров, Директор, Национален историски\n:::::музеј, Софиjа\n:::::Амбас. Евгениj Еков\n:::::Виш стручен соработник I ст. д-р Светлозар Елд’ров, Институт за\n:::::балканистика, БАН\n:::::Велjо Илиев, Кмет на град Петрич\n:::::Зорница Илиева, Виш експерт, Народно собрание\n:::::Амбас. Николај Колев\n:::::Акад. Константин Косев, Зам. Претседател, БАН\n:::::Марин Миланов, Експерт за европско интегрирање\n:::::Илиjа Митов, Политички анализатор\n:::::Доц. д-р Пламен Пантев, Директор, Институт за безбедносни и\n:::::меѓународни истражувања, Софија; Зам. Декан, Правен факултет,\n:::::Софиски универзитет „Св. Климент Охридски”\n:::::Д-р Георги Папакочев, Политички анализатор\n:::::Александар Попов, Виш експерт, Министерство за образование и\n:::::наука\n:::::Доц. д-р Антон Прванов, Факултет за меѓународна икономиjа и\n:::::политика, Универзитет за национално и светско стопанство, Софиjа\n:::::Амбас. д-р Валери Рачев\n:::::Надежда Стојанова, Програмски директор, Фондација Манфред\n:::::Вернер\n:::::Валентин Текелов, Експерт за Западниот Балкан\n:::::Мартин Траjков, Експерт за Западниот Балкан\n:::::Виш стручен соработник I ст. д-р Стефан Хаџитодоров, Научен\n:::::секретар, БАН\n:::::и др.\nИзнесено на внимание\nна надлежните бугарски институции\nна 24 jануари 2008 година\n:::::::::::::::::::::::::''Додаток''\n3AEДHИЧKA ДEKЛAPAЦИJA <sup>''ж''</sup>\nна Mинистер-претседателот на Република Бугариjа\nи Претседателот на Владата на Република Македониjа\n:::::Mинистер-пpeтceдaтeлот на Република Бугариjа\n:::::и Претседателот на Владата на Република Македониjа,\n:::::Поаѓаjќи од заедничкиот стремеж за развоj на\n:::::добрососедските односи меѓу двете држави,\n:::::Длабоко убедени во потребата од развоjот на соработката\n:::::врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање,\n:::::добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните\n:::::држави и народи,\n:::::Убедени во необходноста од зацврстување на безбедноста\n:::::и мирот, соработката и довербата во Jугоисточна Европа,\n:::::Поаѓаjќи од определбите на двете земjи за интегрирање во\n:::::европските и евро-атлантските структури,\n:::::Веруваjќи дека конструктивниот диjалог во сите области\n:::::на билатералните односи, како и во однос на регионалните\n:::::и меѓународните проблеми, ќе придонесе за натамошно\n:::::унапредување на односите на двете земjи на рамноправна основа,\n:::::Почитуваjќи ги принципите на Повелбата на ООН и\n:::::документите на ОБСЕ, како и демократските принципи, содржани\n:::::во документите на Советот на Европа,\n:::::1. Jа изразуват своjата подготвеност и заедничката желба\n:::::за развоjот на севкупните односи меѓу Република Бугариjа и\n:::::Република Македониjа. Тие односи ќе се развиваат во согласност\n:::::со основните принципи на меѓународното право.\n:::::2. Двете страни ќе соработуваат во рамките на\n:::::Организациjата на Обединетите нации, Организациjата\n:::::за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа,\n:::::Инициjативата на НАТО Партнерство за мир, Мултинационалните\n:::::мировни сили на земjите од Jугоисточна Европа и други\n:::::меѓународни организации и форуми.\n:::::3. Двете страни ќе придонесуваат за развоj на соработката\n:::::меѓу земjите од Jугоисточна Европа, за унапредување на\n:::::разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при остварување\n:::::на регионалните проекти како елемент на процесот за создавање\n:::::на единствена Европа.\n:::::4. Двете страни ќе ги поттикнуват контактите и ќе\n:::::организираат средби меѓу претставниците на органите на\n:::::управата на различни нивоа, за развоj на приjателските односи и\n:::::соработката.\n:::::Тие ќе придонесуваат за поттикнување на контактите меѓу\n:::::невладините организации и граѓаните на двете земjи.\n:::::5. Имаjки jа предвид географската блискост, двете страни\n:::::ќе се стремат кон создавањето на неопходните правни, економски,\n:::::финансиски и трговски услови за обезбедување непречено\n:::::движење на капиталот, стоките и услугите. Тие ќе ги поттикнуваат\n:::::заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна защита.\n:::::6. Двете страни ќе го поттикнуваат зголемувањето на\n:::::туристичката размена, како и развивањето на соодветни форми на\n:::::соработка во областа на туризмот.\n:::::7. Двете страни ќе ги развиваат и усовршуваат\n:::::сообраќаjните врски и комуникации меѓу нив, како и во рамките на\n:::::регионалните инфраструктурни проекти.\n:::::Тие ќе се стремат кон олеснување на царинските и\n:::::граничните формалности за движењето на патници и стоки.\n:::::8. Двете страни ќе jа поттикнуваат активната и непречена\n:::::соработка во областа на културата, образованието , здравството,\n:::::социjалната грижа и спортот.\n:::::9. Двете страни ќе прават напори за слободен проток на\n:::::информации, преку поттикнување и развивање на соработката во\n:::::областа на печатот, радио и телевизиските емисии, со користење на\n:::::современите информативни средства.\n:::::Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и\n:::::интелектуалните права на творците од двете земjи.\n:::::10. Двете земjи ќе jа унапредуваат соработката во правната\n:::::и конзуларната област и особено во областа на граѓанските,\n:::::казнените и административните прашања, со цел за олеснување на\n:::::патувањето и посетувањето на своите граѓани, како и за решавање\n:::::на нивните хуманитарни и социjални проблеми.\n:::::11. Двете страни нема да преземаат, поттикнуваат и\n:::::поддржуваат една кон друга деjствиjа и активности кои имаат\n:::::неприjателски характер.\n:::::Ниту една од страните нема да дозволи неjзината\n:::::териториjа да биде користена против другата од организации\n:::::и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни и\n:::::сепаратистички деjствиjа или деjствиjа насочени кон загрозување\n:::::на мирот и безбедноста на другата земjа.\n:::::Двете земjи немаат и нема да проjавуваат териториjални\n:::::претензии една спрема друга.\n:::::Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот\n:::::Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или\n:::::некогаш ќе претставува основа за мешање на Република\n:::::Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел\n:::::да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на\n:::::Република Македониjа.\n:::::Двете страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување\n:::::на недобронамерената пропаганда од страна на институции и\n:::::агенции и нема да дозволат активности на приватни лица, насочени\n:::::кон поттикнување на насилство, омраза или други слични деjствиjа,\n:::::кои би наштетиле на односите меѓу Република Бугариjа и Република\n:::::Македониjа.\n:::::Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два\n:::::оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на\n:::::двете земjи - бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа\n:::::и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при\n:::::што двата текста имаат еднаква важност.\n::::: ЗА РЕПУБЛИКА БУГАРИJА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA\n:::::ИВАН КОСТОВ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ\n::::: Министeр-претседател Претседател на Влада\n:::::__________________\n:::::<sup>''ж''</sup>''Заедничката Декларациjа од 1999 е потвърдена со заеднички меморандум'':::::''подпишан од Бугариjа и Република Македониjа во Софиjа на 22 jануари 2008'':::::''година.''\nПОТВРДИ\n::::: Крсте Мисирков (1874 -1926), прогласен за најзначајната личност од ХХ век\n:::::за Република Македониjа:\n:::::::[Илинденското востание] од самиот почеток е поставено на лоша\n:::::::основа: не е общомакедонско, туку е парциjално, и има бугарска\n:::::::боjа. Во него имаат раководна улога само Македонските Словени\n:::::::што се викаат Бугари.\n:::::::Тоа беше и е работа на егзархистите, коишто се величаат „Бугари”,\n:::::::па следствено, тоа е бугарски маневар за да се реши македонското\n:::::::прашање само во бугарска полза; тоа е да се создаде една\n:::::::„Бугарска Македониjа”. (За Македонските работи, 1903)\n:::::::Ако тоа би го посакала среќната судбина, Симеон и Самуил да\n:::::::владеат долго време, под авторитетот на бугарската држава ... овие\n:::::::бугарски царови да ги обединат политички и културно jужните\n:::::::Словени ...\n:::::::Земjите, кои се населени со бугарска народност, од дамнешни\n:::::::времиња постоjат како огниште на словенската просвета; оттука\n:::::::во текот на векове црпеле духовна храна и српската и руската\n:::::::народност. Бугарскиот народ има огромни културно-историски\n:::::::заслуги кон словенството. (Македоно-Одрински преглед, броj\n:::::::34 -35, 1907)\n:::::::Се нарекуваме ли ние Бугари, или Македонци, ние секогаш се\n:::::::сознаваме како одделна, единна, совршенно одлична од Србите и\n:::::::со бугарско национално сознание народност. (Весник 20 Jули,\n:::::::11 маj 1924)\n:::::Љубчо Георгиевски, Премиер на Република Македониjа (1998 -2002)::::::::Нема да кажам некoja нова вистина ако го спомнам фактот дека и\n:::::::Гоце Делчев и Даме Груев и Ѓорче Петров и Пере Тошев и треба ли\n:::::::сите да ги редам и да ги бpojaм, дека биле учители на бугарската\n:::::::егзархија во Македонија ... [Гоце] се враќа во Македонија како\n:::::::бугарски егзархиски учител каде мегу другото на децата им\n:::::::предавал како мајчин (бугарски) јазик.\n:::::::Партение Зографски и Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски и\n:::::::Браќата Миладинови и Григор Прличев и Кузман Шапкарев и Марко\n:::::::Цепенков (и уште колку ли други!?), секаде каде што пишувале\n:::::::за свojoт мaјчин јазик или, пак, за реформите на тој јазик, секаде\n:::::::зборуваат како за бугарски јaзик. (Весник Пулс, 7 и 14 jуни 1995)\nБЛАГОДАРНОСТИ\nОбjавено\nсо љубезна поддршка\nна\nНационалниот историски музеј во Софиjа\nФондациjа Браќа Бобокови\nФондациjа Наука и Високи Технологии\nНиколаj Гигов\nРумен Иванов\nСтефан Лазаров\nПетар Манџуков\nК’нчо Стоjчев\nФОНДАЦИЯ МАНФРЕД ВЬОРНЕР MANFRED WÖRNER FOUNDATION\nБУГАРСКАТА ПОЛИТИКА СПРЕМА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА\nПрво издание\nISBN 978-954-92032-2-6\nАвтори: Љубомир Иванов и др.\nДизаjн: Тодор Варџиев\nПретпечат: Дабл Т\nПечатено во Бугариjа\nод Издавачка куќа НИ Плус\n© Фондација Манфред Вернер\nКриејтив комонс лиценца Наведи извор 3.0\nbg:Българската политика спрямо Република Македония\nen: Bulgarian Policies on the Republic of Macedonia", "subject": ["Политика на Бугарија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8j%D0%B0", "word_count": 7101, "cyrillic": 0.996}
{"id": "7668", "title": "Библија (вики-превод)", "text": "0.1 Стар Завет\n*Прва книга Мојсеева (вики-превод)\n*Втора книга Мојсеева (вики-превод)\n*Трета книга Мојсеева (вики-превод)\n*Четврта книга Мојсеева (вики-превод)\n*Петта книга Мојсеева (вики-превод)\n*Јошуа (вики-превод)\n*Судии (вики-превод)\n*Рут (вики-превод)\n*Прва книга Самоилова (вики-превод)\n*Втора книга Самоилова (вики-превод)\n*Прва книга за царевите (вики-превод)\n*Втора книга за царевите (вики-превод)\n*Прва книга летописи (вики-превод)\n*Втора книга летописи (вики-превод)\n*Езра (вики-превод)\n*Нехемија (вики-превод)\n*Естер (вики-превод)\n*Јов (вики-превод)\n*Псалми (вики-превод)\n*Изреки (вики-превод)\n*Проповедник (вики-превод)\n*Песна над песните (вики-превод)\n*Исаија (вики-превод)\n*Еремија (вики-превод)\n*Плачот на Еремија (вики-превод)\n*Езекиел (вики-превод)\n*Даниел (вики-превод)\n*Хошеа (вики-превод)\n*Јоел (вики-превод)\n*Амос (вики-превод)\n*Овадија (вики-превод)\n*Јона (вики-превод)\n*Миха (вики-превод)\n*Наум (вики-превод)\n*Хавакук (вики-превод)\n*Сефанија (вики-превод)\n*Хагај (вики-превод)\n*Захарија (вики-превод)\n*Малахија (вики-превод)\n|\n| width=45% |\n0.2 Нов Завет\n*Евангелието според Матеј (вики-превод)\n*Евангелието според Марко (вики-превод)\n*Евангелието според Лука (вики-превод)\n*Евангелието според Јован (вики-превод)\n*Дела на апостолите (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Рим (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Галатија (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Ефес (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Филипи (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до христијаните во Колос (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до Тит (вики-превод)\n*Писмо од апостол Павле до Филемон (вики-превод)\n*Писмо до Евреите (вики-превод)\n*Писмо од апостол Јаков (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Петар (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Петар (вики-превод)\n*Прво писмо од апостол Јован (вики-превод)\n*Второ писмо од апостол Јован (вики-превод)\n*Трето писмо од апостол Јован (вики-превод)\n*Писмо од апостол Јуда (вики-превод)\n*Откровение (вики-превод)\n|}\nar:الكتاب المقدس\nbs:Biblija\ncs:Bible\ncy:Beibl\nde:Bibel\nel:ءمكل أٌلِق\nes:Biblia\nfr:La Bible\nhe:ביבליה\nhr:Biblija\nit:Sacra Bibbia\nla:Biblia Sacra\nml:ബൈബിള്‍\npl:Biblia Gdaסska\npt:Bםblia\nro:Biblia\nru:ֱטבכט\nsl:Sveto pismo\nsr:ׁגועמ ןטסלמ\nsv:Bibeln 1917\nth:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ\ntr:İncil\nuk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)", "subject": ["Библија", "Христијанство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 427, "cyrillic": 0.848}
{"id": "7672", "title": "Википедија:Бирократи", "text": "Бирократите се корисници на Викиизвор со технички можности да:\n* унапредуваат други корисници администратори или бирократи;\n* даваат и одземаат бот статус на определени кориснички сметки; и\n* преименуваат кориснички сметки.\nБирократите ја немаат техничката способност да одземаат администраторски права од корисници или да доделуваат други нивоа на пристап (не можат да доделат oversight или checkuser права). Овие дејствија се извршуваат од стјуарди, мала мултијазична група која ги опслужува сите Викимедија проети. Додатни стјуарди се избираат секоја година; за повеќе информации видете Барања за дозвола. Промените во корисничките права на стјуардите се бележат на Meta:Special:Log/rights.\n1 Упатства\nОва се упатствата за бирократи поврзани со бирократски дејства и процеси.\n1.1 Кандидатури за админи\n*Информирајте го корисникот за резултатот, без разлика дали кандидатурата била успешна или не.\n1.2 Преименувања\n#Проверете дека барањето на страницата Викиизвор:Барања за промена на корисничко име е легитимна.\n#Уверете се дека корисникот нема историја на злоупотреби и дека барањето е во најдобар интерес на проектот. Проверете ја страницата Викиизвор:Промена на корисничко име и пресудете сами.\n#Внесете го старото и новото име на Специјални:Преименувај корисник. Доколку ''Корисник:чџш'' го узурпира ''Корисник:абв'', преименувајте го ''абв'' во ''Корисник:абв (зафатено)'' за да се ослободи ''абв'' името за ''чџш''.\n#По преименувањето на ''Корисник:абв'' во ''Корисник:абв (зафатено)'', уверете се дека сите пренасочувања до ''Корисник:абв (зафатено)'' од ''Корисник:абв'' се избришани за страниците на ''чџш'' да можат да бидат префрлени.\n1.3 Означување на ботови\n#Одете на Специјални:Управување со кориснички права\nОд Викиизвор и означете го ботот.\n#*Претходното дејство ги евидентира означувањата на ботовите одделно од другите промени на кориснички права\n#*Одземањето на бот статусот може да се направи користејќи Специјални:Управување со кориснички права.\n2 Поврзано\n*Дневник на менувања на кориснички права\n*Специјални:Дневник на преименувања на корисници\n*Историја на бот статуси\n*m:Стјуарди: информација за корисници кои може да даваат и одземаат секакви кориснички права (вклучувајќи и администраторски права);\nda:Wikisource:Bureaukrater\nde:Wikisource:Bürokraten\nit:Wikisource:Burocrati\npl:Wikiźródła:Biurokraci\npt:Wikisource:Burocratas\nru:Викитека:Бюрократы\nsr:Викизворник:Бирократе", "subject": ["Викиизвор:Бирократи"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%D0%91%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8", "word_count": 338, "cyrillic": 0.927}
{"id": "7775", "title": "Небиднина/ Раѓање на зборот", "text": ":Глужд на глужд.\n:Камен врз камен.\n:Камена шума\n:изѕемнина.\n:Глужд на глужд.\n:Камен врз камен,\n:од камен и ние обата.\n:Чади ноќта.\n:Зборот се двои од темнина.\n:Модар јаглен му гори во утробата.\n:О ти што постоиш зашто не постоиш,\n:небото го лулаш,\n:земјата ја вртиш.\n:О ти што постоиш зашто не постоиш,\n:земјата јачи под камени плочници.\n:Иде замелушен од своите смрти\n:зборот што ги крши сите слепоочници.\n:Глужд на глужд.\n:Камен врз камен.\n:Својот гроб со прокуда го копам.\n:Отвори ме\n:проклетио,\n:ти тврдино камена,\n:да изгорам во јагленот на зборот,\n:да се стопам.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%A0%D0%B0%D1%93%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7776", "title": "Небиднина/ Трета молитва на моето тело", "text": ":Што си: девојка, жена, мајка? Што си\n:ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи\n:телото мое, молитвено што клечи.\n:Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.\n:Што си: девојка, жена, мајка, што си?\n:Што си ти застаната со спокој темен\n:пред ова тело чиј глас со виј го гони\n:ветрот што лута, под тајни небосклони,\n:чиј глас е жед и виј на вијот земен.\n:Што си ти застаната со спокој темен?\n:Што си: девојка, мајка, жена\n:ти - скаменета пред влезот на овој храм\n:со моќно име: ПОБЕДУВАМ,\n:па ова тело возвишено го крена.\n:Што си ти: девојка, мајка, жена?\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 108, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7777", "title": "Небиднина/ Втора молитва на моето тело", "text": ":Ова тело што лежи како мост меѓу два брега,\n:ова тело што живее од мугрите на твоите желби,\n:ќе биде и утре какво што е сега,\n:само со два белега повеќе од две лути стрелби,\n:ова тело што лежи како мост меѓу два брега.\n:Ова тело што лежи како мост и трпеливо одамна чека\n:да помине веселник некој и да го пробуди пак...\n:Протечи под ова тело како скротена река\n:да заечи силно од нежност со секој извиен лак\n:ова тело што лежи како мост и трпеливо одамна чека.\n:Ова тело што лежи како мост некој бран да го плени\n:за да го улови во него својот заборавен лик\n:ќе стане со сите будења и мени\n:на нестварни желби стварен светилник,\n:ова тело што лежи како мост некој бран да го плени.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 135, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7779", "title": "Небиднина/ Очај пред тврдината", "text": ":Тврдино, невидливи воини те пазат.\n:Стасав и паднав пред тебе на метар.\n:Ветар и оган, оган и ветар,\n:Оттука нема враќање назад.\n:Од грозна немост морници ме лазат.\n:Очајот само се снове ко волк\n:Низ сурите карпи на тој грозен молк.\n:Оттука нема враќање назад.\n:Земјата в срце на грутки се рони,\n:Притиска и тежи, се трупа, ме кани:\n:Израмни се со мене, земја и ти стани.\n:Со ветар и оган земјата ме гони.\n:Рамнодушно глува за лелек и жртви,\n:Неспособна да жали и суди,\n:Секоја ноќ тврдината ја буди\n:Сонцето на тие кои се мртви.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9E%D1%87%D0%B0%D1%98_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 99, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7888", "title": "Ацо Караманов", "text": "Ацо Караманов (Радовиш, 31 јануари 1927 - 7 октомври 1944) бил македонски поет и учесник во НОБ. Караманов е роден во Радовиш, како најстаро дете во семејството на Васил и Софија. Кога имал само три месеци, неговото семејство го напуштило родното место поради службата на таткото и отишле прво во Белград, потоа и во други места низ Србија, но во с. Велико Орашје се задржиле повеќе години. Таму, Ацо го завршил основното образование и благодарение на неговиот учител кај малиот Караманов рано се јавила љубовта кон литературата. Своите први стихови тој ги напишал уште во второ одделение, односно на 9-годишна возраст.\n1 Поезија\n* „Црвена пролет“, издадена 1963, 1984 и 1989\n* „Прозните записи“, издадена 1981 година\n* „Сребрените соништа“ и\n* „Големата песна на Ацо Караманов“, издадена 2006 година.\n2 Песни\n* Поет\n* Псалм за m-lle Lili\n* И можеби ти ќе дојдеш тогаш\n* Деца на борбата\n* Тајна\n* Ние сме безбројни\n* Копнеж и кошмар\n* На мојот другар Мишко\n* А тој леташе понатаму", "subject": ["Ацо Караманов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%86%D0%BE_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2", "word_count": 158, "cyrillic": 0.979}
{"id": "8063", "title": "Димано димандевојко", "text": "Ох, што те љубам, моме,\nна сон те соневам,\nна сон те соневам,\nмоме, в шарена одаја,\nв шарена одаја, моме,\nна мека постела.\nНа мека постела, моме,\nна памбук перница,\nна памбук перница, моме\n, на децната рока.\nКога се разбудих, моме,\nтебе не те најдох.\nОг`н да горит, моме,\nшарена одаја,\nпуста да остане, моме,\nи мека постела,\nда би ми капнала, моме,\nмојва десна рока,\nкога, моме,\nтебе не те најдох.\nСвила се лоза винена,\nоколу града Легена.\nНе била лоза винена,\nтуку ми била девојка,\nоколу браќа се виет:\n- Откупи мене, браќа ле!\nЈас не сум ск`поценето:\nза двесте триста грошеи.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%BE", "word_count": 111, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7778", "title": "Небиднина/ Небиднина", "text": ":1.\n:Патував долго, патував цела вечност\n:од мене до твојата небиднина.\n:Низ пожари патував, низ урнатини,\n:низ пепелишта.\n:По жега, по суша, по невиделина.\n:Се хранев со лебот на твојата убавина,\n:пиев од грлото на твојата песна.\n:Не гледај ги овие црни суводолици\n:што го параат моето лице —\n:ми ги подари лицето на земјата.\n:Не гладај ги овие нерамнини врз плеќите\n:ми ги донесе умората на ридјето.\n:Погледај во овие раце —\n:два огна,\n:две реки\n:темно чекање.\n:Погледај во овие дланки —\n:две полиња,\n:две суши\n:глуво лелекање.\n:Патував долго, патував цела вечност\n:од тебе до мојата небиднина.\n:2.\n:...И сега сам,\n:пред овој рид од болка и човештина,\n:на патишта што не ги знам\n:завивам од глад и пцости.\n:Ти дојде како црна вода на болештина\n:со која се болува довек\n:од сите проклетства и злости.\n:3.\n:...Кој тоа невидлив во мене седи\n:и пали таен оган,\n:кој и го руши на крвта ѕидот,\n:кој ми го краде слухот,\n:кој одзема видот,\n:кој пласт врз пласје неуморен реди,\n:кој тоа невидлив во мене седи.\n:4.\n:...Кој ги избриша со рака лесна\n:сите далечини,\n:сите близини,\n:кој ни ја досуди таа небиднина\n:да бидам стебло, да бидеш песна.\n:. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 200, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8066", "title": "Небиднина/ Молитва за еден обичен но уште непронајден збор", "text": ":Телото мое те моли:\n:Пронајди збор што личи на обично дрво\n:што личина дланки јагленосани и прародителски голи,\n:што е како чедност во секое молење прво.\n:За таков збор телото мое те моли.\n:Телото мое те моли:\n:Пронајди збор од кој-штом со крик ќе се рече-\n:несвесно крвта почнува да боли,\n:крвта што бара корито да тече.\n:За таков збор телото мое те моли.\n:Пронајди таков вистински збор\n:налик на сите мирни заробеници\n:на оној ветар,оној развигор\n:што ги буди срните во нашите зеници.\n:Пронајди таков вистински збор.\n:Пронајди збор на раѓање на лелекање,\n:пронајди таков збор. И овој храм\n:затворен во својата древност и голем од чекање\n:ќе ти се отвори покорно и сам.\n:Пронајди збор на раѓање, на лелекање.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Македонска литература", "Современа македонска поезија", "Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD_%D0%BD%D0%BE_%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80", "word_count": 126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8069", "title": "Небиднина/ Песната и годините", "text": ":Твоите години и моите години-\n:два брега,\n:два камена,\n:две небиднини.\n:Твоите години и моите години-\n:твоите години во мојата мака,\n:моите години во твоето срце.\n:Да си благословена најнепозната песно.\n:Нè изедначуваш во мудроста,\n:нè израмнуваш во годините.\n:Да си благословена небидино\n:во времето што не знае стареење.\n:Твоите години и моите години-\n:наши години.\n:Ти одиш чекор по чекор,\n:мака по мака\n:низ моите години,\n:јас одам чекор по чекор,\n:мака по мака\n:низ твоите години.\n:Нема крај и нема изодување.\n:Ти си во моето непостоење,\n:јас во заговорот на твоите соништа.\n:Да си благословено време\n:што остануваш исто,\n:а ние те даруваме со нашите оши\n:вчера од земја,\n:денес од небо,\n:утре од земја и небо.\n:Да си благословена најнеслутена песно\n:што нè изедначуваш во мудроста,\n:што нè израмнуваш во годините.\n:Твоите години и моите години-\n:два брега,\n:два камена,\n:две небиднини.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 148, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7256", "title": "Писмо од апостол Јаков (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Од Јаков,\nслуга на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до еврејските христијани од сите дванаесет племиња, распрснати низ целиот свет.\n1 Проверка на верата\n<sup>2</sup>Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија,\n<sup>3</sup>зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате.\n<sup>4</sup>Морате да научите сѐ да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.\n2 Молитва со вера\n<sup>5</sup>Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.\n<sup>6</sup>Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.\n<sup>7</sup>Таков човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ,\n<sup>8</sup>бидејќи е неодлучен и непостојан во сѐ.\n3 Сиромаштијата и богатството\n<sup>9</sup>Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив,\n<sup>10</sup>а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови.\n<sup>11</sup>Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.\n4 За искушенијата\n<sup>12</sup>Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат.\n<sup>13</sup>Никој, кога е во искушеније да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев.\n<sup>14</sup>Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти.\n<sup>15</sup>Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт.\n<sup>16</sup>Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени.\n<sup>17</sup>Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ја создал светлината. Кај Него колебање нема. Нема ни трага од некаква промена.\n<sup>18</sup>Тој сакаше ние да бидеме „ref> Мојсеевиот Закон кажува дека првородените од сите животни и првите плодови од сите растенија Му припаѓаат на Господ.првина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.\n5 Да се слуша и да се спроведува на дело\n<sup>19</sup>Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.\n<sup>20</sup>Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.\n<sup>21</sup>Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја посади во вашите срца и што може да ве спаси.\n<sup>22</sup>Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!\n<sup>23</sup>Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,\n<sup>24</sup>и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!\n<sup>25</sup>Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, законот ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во сѐ што работи.\n<sup>26</sup>Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна!\n<sup>27</sup>Побожност што Бог, нашиот Татко, ја прифаќа како чиста и непорочна е оваа: Да се грижиш за сирачињата и вдовиците што се во невола и да се одржиш неизвалкан од овој свет.\n= Глава 2 =\n6 Против предрасудите\n<sup>1</sup>Пријатели мои, ако имате вера во нашиот славен Господ Исус Христос, нема да се однесувате спрема едни луѓе подобро, а спрема други полошо.\n<sup>2</sup>Да претпоставиме на вашата богослужба влегува човек со златни прстени на раката, облечен во убава облека, а влегува и сиромашен човек во одрпана облека.\n<sup>3</sup>Ако вие, гледајќи според облеката, му речете на човекот во убава облека: „Седни овде, на убаво место.“ - а на сиромашниот му речете: „Ти стој овде!“, или „Седни на подот!“,\n<sup>4</sup>зарем со тоа не ги дискриминирате луѓето, раководејќи се според неправедни мотиви!?\n<sup>5</sup>Послушајте ме, драги пријатели! Зарем Бог не ги одбра сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството што им го вети на оние што Го сакаат?\n<sup>6</sup>А вие ги презирате сиромашните! Кој ве тормози, кој ве влечка по судови? Токму богатите!\n<sup>7</sup>Зарем не се богатите тие што го навредуваат Божјото возвишено име што вие го носите?\n<sup>8</sup>Добро правите, ако го исполнувате Господовиот царски закон запишан во Светото Писмо: „Сакај го својот ближен колку што се сакаш себеси.“\n<sup>9</sup>Но ако спрема едни луѓе се однесувате подобро, а спрема други полошо, правите грев и според Светото Писмо вие сте престапници.\n<sup>10</sup>Дури и ако некој се придржува до целиот Закон, а згреши само на едно место, тој е виниовник, како и оној што го прекршува целиот Божји Закон.\n<sup>11</sup>Зашто истиот Бог, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако не си извршил прељуба, а си убил, ти си прекршител на Законот.\n<sup>12</sup>Зборувајте и постапувајте како луѓе што ќе бидат судени според милостивиот законот што нѐ ослободува!\n<sup>13</sup>Инаку, на Судниот ден Бог нема да има милост спрема оние што биле безмилосни спрема другите. Милоста ја поразува осудата.\n7 Неделотворната вера е бескорисна\n<sup>14</sup>Драги пријатели, каква корист има да велите дека имате вера, ако тоа не се гледа од вашите постапки? Може ли таква вера да ве спаси?\n<sup>15</sup>Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна.\n<sup>16</sup>Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неоходно за да преживее!?\n<sup>17</sup>Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.\n<sup>18</sup>Можеби некој ќе рече: „Некои луѓе имаат вера, а некои - дела.“ Покажете ми, како може да имате вера, а од тоа да не произлегуваат соодветни постапки, а јас, преку моите постапки ќе ви покажам дека имам вера.\n<sup>19</sup>Вие верувате дека има само еден Бог. Тоа е добро, но дури и демоните веруваат во тоа и се тресат од страв!\n<sup>20</sup>Зар не сакаш да сфатиш, површен човеку, сакаш ли доказ дека од вера без дела нема никаква „ref> Во некои ракописи: ''вера без дела е мртва''.корист!?\n<sup>21</sup>Врз основа на што Бог го прогласи за праведен, нашиот прататко Авраам? Зарем тоа не беше преку дела, кога го стави својот син Исак врз жртвеникот?\n<sup>22</sup>Гледате ли дека неговата вера беше усогласена со неговите постапки? Со таа своја постапка тој потврди дека има совршена вера.\n<sup>23</sup>Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: „Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник“, па го нарече и Свој пријател\n<sup>24</sup>Значи, очигледно е дека човек станува праведен пред Бог преку своите постапки, а не само преку вера.\n<sup>25</sup>Така беше и со блудницата Раав. Бог ја прифати како праведна, зашто таа ги прифати израелските разузнавачи и ги упати на безбеден излез?\n<sup>26</sup>Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.\n= Глава 3 =\n8 Зауздување на јазикот\n<sup>1</sup>Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе.\n<sup>2</sup>Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело.\n<sup>3</sup>На коњите им ставаме узда во устата, за да ги натераме да ни се покоруваат и да одат онаму каде што ние сакаме.\n<sup>4</sup>Земете ги бродовите за пример. Тие се толку големи, а сепак кормиларот со мало кормило ги води онаму каде што сака, и покрај силните ветрови кои ги движат.\n<sup>5</sup>Така е и со јазикот. Мал орган е, но голема штета може да направи. Едно жарче може цела шума да запали!\n<sup>6</sup>Јазикот е оган, најопасен од сите наши органи. Во состојба е целото тело да го опогани. Јазикот може целиот наш живот да го запали, бидејќи се пали од самиот пекол.\n<sup>7</sup>Секое животно, било да е ѕвер, птиците, влекач или од морско животно, се припитомува, или било припитомено од човекот,\n<sup>8</sup>но јазикот, ниеден човек не може да го припитоми. Тој е необуздано зло, полн е со смртоносен отров.\n<sup>9</sup>Со јазикот Го величаме нашиот Господ и Татко, а со истиот тој јазик ги колнеме луѓето коишто се создадени според Божјо подобие.\n<sup>10</sup>Од иста уста излегуваат и благослови и клетви. Треба ли, драги мои, така да биде!?\n<sup>11</sup>Може ли од ист извор да извира и слатка и горчлива вода?\n<sup>12</sup>Може ли, драги мои, смоквата да раѓа маслинки, а лозата смокви? Не може од солен извор да се црпи слатка вода!\n9 Вистинската мудрост доаѓа од Господ\n<sup>13</sup>Има ли меѓу вас мудри и разумни луѓе? Ако има, покажете ја вашата мудрост и разумност со примерен живот, со постапки што ќе се одликуваат со скромност и ќе бидат направени мудро.\n<sup>14</sup>Но ако вашите срца се полни со чемерна завист и себичност, немојте да се фалите и да се лажете дека сте мудри.\n<sup>15</sup>Тоа не е небесна мудрост, туку овоземна, себична и демонска.\n<sup>16</sup>Кога луѓето се завидливи и себични, создаваат безредие и секакви зли дела.\n<sup>17</sup>Небесната мудрост нѐ прави чисти, мирољубиви, внимателни, чувствителни, да ги сакаме луѓето и да им помагаме, да бидеме непристрасни и нелицемерни.\n<sup>18</sup>А миротворците ќе го сеат семето на мирот, и ќе жнеат плодови на праведност.\n= Глава 4 =\n10 Пријателството со светот\n<sup>1</sup>Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела?\n<sup>2</sup>Го посакувате тоа што го немате и ќе направите сѐ за да го добиете! Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не го добивате, бидејќи не го барате од Бог.\n<sup>3</sup>А и кога барате - не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.\n<sup>4</sup>Тоа е неверство спрема Бог! Зар не знаете дека пријателството со овој свет значи непријателство со Бог!? Секој што ќе одбере да му биде пријател на овој свет, Му станува непријател на Бог.\n<sup>5</sup>Зарем мислите дека Светото Писмо попусто кажува: „Духот што Бог го поставил да живее во нас до ревност копнее за нашата верност кон Него.“\n<sup>6</sup>Всушнот Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо:\n: „Бог им се противставува на гордите,\n: но спрема скромните е благонаклонет.“\n<sup>7</sup>Затоа, дозволете Бог да ве води. Спротивставете му се на ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!\n<sup>8</sup>Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.\n<sup>9</sup>Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместа да се радуваат, нека жалат.\n<sup>10</sup>Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве издигне!\n11 Предупредување против критизерството\n<sup>11</sup>Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!\n<sup>12</sup>Само Бог е Законодавец и Судија. Само Тој може да спасува или да уништува. Со кое право ти му судиш на твојот ближен!?\n12 Грешна самоувереност\n<sup>13</sup>Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“\n<sup>14</sup>Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави на кратко и набргу исчезнува.\n<sup>15</sup>Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“\n<sup>16</sup>Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите.\n<sup>17</sup>Секој што не прави добро, иако знае дека треба да прави, греши.\n= Глава 5 =\n13 За неправедните богаташи\n<sup>1</sup>Слушнете ме сега вие што сте богати! Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат!\n<sup>2</sup>Гнило е вашето богатство, вашите облеки молци ги изедоа.\n<sup>3</sup>Вашето сребро и злато 'рѓосаа. Таа 'рѓа ќе биде сведоштво против вас. Ќе ги изеде вашите тела како оган. Сте натрупале богатство во овие последни денови.\n<sup>4</sup>Не им плативте на оние што ги косеа вашите ливади и тие неисплатени пари сега викаат против вас, а лелекот на оние што ги жнееја вашите ниви дојдоа до ушите на Семоќниот Господ.\n<sup>5</sup>Живеевте раскошно и разуздано на земјата, си ги угоивте телата како стока готова за клање.\n<sup>6</sup>Осудувате и убивате праведни луѓе, кои не можеа да ви се спротивстават.\n14 Трпение при страдања\n<sup>7</sup>Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ. Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да созрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд.\n<sup>8</sup>Бидете и вие трпеливи како нив и охрабрете ги вашите срца: Господ брзо ќе дојде!\n<sup>9</sup>Немојте да негодувате еден против друг, во спротивно Бог ќе ви суди! Еве Го Судијата, веќе стои пред врата!\n<sup>10</sup>Драги мои, следете го примерот на пророците што зборуваа во име на Господ. Тие имаа трпение, дури и кога мораа да страдаат.\n<sup>11</sup>Оние што најмногу издржале, најмногу и ги почитуваме. Сте слушнале какво трпение покажа Јов и знаете како Господ на крајот го благослови. Господ е полн со милост и сочувство.\n<sup>12</sup>Но пред сѐ, драги пријатели, немојте да се колнете, ни во Небото, ни во Земјата, ниту во било што друго. Доволно е да кажете само „да“ или „не“, за да не паднете под осуда.\n15 Моќта на молитвата\n<sup>13</sup>Ако некој меѓу вас е во невола, нека се моли. Ако е весел, нека пее песни на благодарност.\n<sup>14</sup>Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помажат со маслиново масло во името на Господ.\n<sup>15</sup>Ако се молите со вера, ќе му помогнете на болниот. Господ ќе го оздрави и ако направил грев, ќе му прости.\n<sup>16</sup>Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете излечени. Енергична молитвата од праведен човек има голема сила!\n<sup>17</sup>Илија беше човек од крв и месо, како што сме и ние. Кога тој се помоли да не врне дожд - три и пол години дожд не заврна на земјата.\n<sup>18</sup>Потоа пак се помоли и заврна дожд, па земјата си ги даде своите плодови.\n<sup>19</sup>Пријатели мои, христијани, ако некој од вас застрани од вистината, треба да се потрудите да го вратите назад.\n<sup>20</sup>Оној што ќе врати грешник од погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови.", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%88%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2397, "cyrillic": 0.999}
{"id": "8071", "title": "Небиднина/ Долго живеам на ова место", "text": ":Долго живеам на ова место\n:под кое шуркаат планински извори\n:и децата ловат пеперуги\n:а боровите во нема извишеност\n:ја разлистуваат тишината на вековите.\n:Долго живеам на ова место\n:и полека црнеам од времето.\n:Гледај,велам,гледај каков си:\n:ни да се препознаеш.\n:Некогаш овие очи беа длабочини\n:во кои нуркаа твоите желби\n:како жерави во сончевина,\n:за ноќевање на случајните дождови.\n:Некогаш овие раце беа орачи\n:во ровката земја на твоите лутања,\n:а сега личат на врбови прачки\n:народници чаталести над водите.\n:Некогаш, велам, и ти како децата\n:си играше со пеперуги в рака\n:од нивниот златен прав\n:цутеа вишните во твојата градина.\n:Зошто беше толку невнимателен\n:па дозволи сите да загинат меѓу твоите прсти,\n:зошто не сфати дека е најголема мудрост\n:да имаш една жива пеперуга од твоето детство.\n:Една топла ѕвезда на дланката\n:што ќе го просветли ова место\n:ова место каде долго живееш осамен\n:долго живееш поцрнет од времето.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%94%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%BE_%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B0%D0%BC_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE", "word_count": 156, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8072", "title": "Небиднина/ Деветта молитва на моето тело", "text": ":Еве го тоа место, тоа неизодливо тело,\n:распослано како нема глад.\n:Еве ги сите светлини и води\n:на овој соѕидан град.\n:Врз кровот негов гука гулаб вечен-\n:чудна една сказна од леб и од сребро...\n:Дали го откри тој збор, тоа име\n:што штрека во дното на секое ребро.\n:Дали ја откри таа страшна тајна,\n:тој уште нигде неживеан век,\n:дали откри колку светлините болат\n:над ова тело што тече без тек.\n:Еве го тоа место, тоа неизодливо тело,\n:таа глад што го распосла и роди.\n:Еве го овде тој соѕидан град,\n:соѕидан од светлини и води.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8070", "title": "Небиднина/ Осма молитва на моето тело - или кој ќе ја смисли таа љубов", "text": ":Под овој меч,\n:под овој меч на тишината,\n:под ова отворено небо,\n:овие трепетлики,\n:лежи ова в неврат издолжено тело,\n:со око стрела в око на вишините,\n:земјата ја корне со чело.\n:Под овој меч,\n:под овој меч на тишината\n:кој ќе ја смисли таа непозната љубов,\n:тој збор што не постои во речникот\n:на секојдневните средби,\n:на секидневните поздрави,\n:во очајот на оставените,\n:во мирот на погубените,\n:во гласот на вљубените.\n:Издолжено в неврат лежи ова тело,\n:со око стрела в око на вишините,\n:замјата ја корне со чело.\n:Земјо,ти веќе не си земја,\n:ти си грутка надеж,\n:црна од мака, од соништа зелена,\n:ти си око фрлено во вселена.\n:Кој ќе ја смисли таа непозната љубов-\n:пред ова будење\n:пред ова заспивање-\n:тоа чудо во чудо,\n:тоа завивање!\n:Издолжено в неврат лежи ова тело\n:под овој меч,\n:под овој меч на тишината,\n:земјата ја корне в чело,\n:на рамо ја носи месечината.\n:Готово, месечино, довека готово!\n:Во твојата преполна шарена мрежа,\n:мрежа од страдања,\n:во твојата мрежа од лаги и измами\n:од притворства и слатки бладања,\n:од многу надеж изгубени,\n:нема веќе место за никого,\n:најмалку за тие што се вљубени.\n:Боли, месечино. Нека боли.\n:Болат твоите ребра погодени.\n:Под тебе светот и ние сме голи.\n:Штотуку родени.\n:Кој ќе ја смисли таа непозната љубов,\n:пред ова будење\n:пред ова заспивање.-\n:Тоа чудо во чудо,\n:тоа завивање.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9E%D1%81%D0%BC%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE_-_%D0%B8%D0%BB%D0%B8_%D0%BA%D0%BE%D1%98_%D1%9C%D0%B5_%D1%98%D0%B0_%D1%81%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8_%D1%82%D0%B0%D0%B0_%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2", "word_count": 233, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8068", "title": "Небиднина/ Старо купувам", "text": ":Старо купувам, старо купувам,\n:стари алишта, стари пискули,\n:старо железо, стари љубови,\n:старо купувам.\n:Купувам стари дребности,\n:непотребности,\n:чевли излижани, ризи износени,\n:среќи осреќени,\n:старо, старо, старо купувам.\n:Купувам стари секидневности,\n:мали и големи ревности,\n:стари елеци во долапите\n:стари котли на огништата\n:стари саѓи на совеста\n:стара ’рѓа на соништата.\n:Старо, старо, старо купувам.\n:Купувам стари секидневности,\n:мали и големи ревности,\n:стари љубови, стари среќи, стари гревови,\n:купувам стари радости, стари младости,\n:старо, старо, старо купувам.\n:Старо купувам, ново препродавам.\n:симни, господине, жив ти дечињата,\n:да ми ја превртиш сета немаштија\n:нема да собереш една иљадарка.\n:Ех, да ги познаваш нашите ергени,\n:да си го вишол Далип најерген\n:ќе му ги таскаш себап чевлите.\n:Он ќе ги земе ќе ти се поклони,\n:ќе ги подзакрпи, ќе ги бојадиса,\n:па светнат како небо утринско\n:и личен, личен, нема поличен,\n:ќе слезе долу среде маало,\n:ќе слезе сербес, ачик, натокмен,\n:момите ќе се подбутнуваат,\n:жените ќе се огледуваат,\n:мажите ќе му завидуваат.\n:Ех, стари чевли, старо купувам.\n:Старо купувам, хово препродавам.\n:Аман, господарке, господ со тебе,\n:бива ли сега таква скапотија.\n:Женет сум, жена, деца сурија,\n:жив ми најмилото жив ме оглодаа,\n:куќата ми ја растурија.\n:Оваа риза не е за тебе,\n:еве ти стотка, речи аирлија.\n:Ех, да ја знаеш калеш Калина,\n:токму се токми млада невеста,\n:ќе ти се заблази, ќе ти благодари,\n:ќе ти благослови внуци и правнуци,\n:и сета челад од нивно колено.\n:Ех стари ризи млади невести.\n:Старо купувам.\n:Старо купувам, старо купувам,\n:стари алишта, стари пискули,\n:старо железо, стари љубови.\n:Купувам стари секидневности,\n:големи и мали здодевности,\n:стари грижи, стари патила,\n:стари гревови, стари чесности,\n:Старо, старо, старо купувам,\n:стари среќи, стари љубови,\n:стари радости, стари младости,\n:купувам стари алишта.\n:Старо, старо, старо купувам,\n:Старо за нови сврталишта.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE_%D0%BA%D1%83%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC", "word_count": 296, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7665", "title": "Хавакук (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Пророштвото што го прими пророкот Хавакук.\n1 Поплака на Хавакук.\n<sup>2</sup>До кога, о ГОСПОДИ, морам да молам за помош, а Ти не слушаш, да викам кон Тебе: „Насилство!“, а Ти не спасуваш?\n<sup>3</sup>Зошто ме тераш да гледам неправда и зло трпиш? Пред мене уништување и насилство, раздор и кавга насекаде.\n<sup>4</sup>Затоа законот е немоќен и правдата никогаш не победува. Ете злиот го надвива праведниот и така правдата се изопачува.\n4 Одговорот на Господ.\n<sup>5</sup><Погледни кон народите и внимателно загледај се! Зачуди се! Стаписај се! Ќе направам нешто во деновите твои, за кое, некој да ти кажуваше, не би му поверувал!\n<sup>6</sup>Ете гледај, ги кревам Халдејците, народ жесток и нескротлив, кој се шири преку целата земја за да заграби живеалишта што не се негови.\n<sup>7</sup>Тој е страшен и ужасен. Самиот на себе си е закон. Својата слава ја воздигнува.\n<sup>8</sup>Побрзи од леопарди се коњите негови, пожестоки од волци на приквечерина. Гази напред коњицата негова. Коњаниците негови од далеку доаѓаат, летаат како мршојадци, се втурнуваат за лакомо да голтаат.\n<sup>9</sup>Сите тие за насилство идат. Нивните орди напредуваат како пустински ветер и собираат заробеници како песок.\n<sup>10</sup>Цареви иссмеваат и со владетели се подбиваат. Се потсмеваат на секој утврден град. Градат земјен насип и го освојуваат.\n<sup>11</sup>Тогаш прелетуваат како ветер и продолжуваат понатаму. Престапници! Луѓе кои ја почитуваат само сопствената силата!“\n3 Втората поплака на Хавакук.\n<sup>12</sup>О, ГОСПОДИ, та нели си Ти од вечноста? Боже мој, Светецу мој, ние нема да умреме. О, ГОСПОДИ, Ти нив си ги одредил за да ја извршат пресудата. О, Карпо, ти нив си ги одбрал за да ја спроведат казната.\n<sup>13</sup>Премногу чисти се очите Твои за да гледаат зло, да трпиш неправда Ти не можеш. Тогаш, зошто ги трпиш подмолните? Зошто молчиш, додека злите ги проголтуваат поправедните од себе?\n<sup>14</sup>Си ги создал луѓето како рибите во морето, како суштества со кои никој не управува.\n<sup>15</sup>Сите нив тој со јадица ги извлекува, во мрежата своја ги фаќа, со вршата своја ги црпи и заради тоа се радува и се весели.\n<sup>16</sup>Затоа ѝ принесува жртви на својата мрежа, на вршата своја темјан ѝ пали, затоа што од нив живее во раскош и ужива во пробрана храна.\n<sup>17</sup>Ќе продолжи ли тој да ја празни својата мрежа, уништувајќи народи без милост?\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Ќе застанам на стража, ќе се поставам на ѕидините. Ќе чекам да видам што ќе ми каже Тој и каков одговор ќе добијам на мојата поплака.\n4 Одговорот на Господ.\n<sup>2</sup>Тогаш ГОСПОД ми одговори и рече: „Запиши го ова откровение и забележи го јасно на плочи, така што гласник да може да ги понесе.\n<sup>3</sup>Зашто ова откровение е за определеното време. Тоа зборува за свршетокот и нема да излаже. Дури и ако се забави, чекај на него, оти ќе дојде, навистина ќе дојде и нема да се одложи.\n<sup>4</sup>Гледај, тој се возгордеа, неговите желби не се праведни, но праведниот ќе живее преку својата вера.\n<sup>5</sup>И ете виното го издава - човек вообразен и никогаш спокоен. Тој како гроб е алчен, како смртта - никогаш не се наситува. Ги приграбува кон себе сите народи, ги запленува сите племиња.\n<sup>6</sup>Нема ли сите тие нему да му се потсмеваат, со подбив и презир да му велат: >Тешко на оној, кој натрупува туѓо! До кога? Тешко на оној кој се збогатува уценувајќи!'\n<sup>7</sup>Нема ли одеднаш твоите должници да се кренат, да станат и да те натераат да трепериш?! Тогаш, ти ќе станеш нивна жртва!\n<sup>8</sup>Заради тоа што ти ограби многу народи, заради крвта човечка, и уништувањето на земји, градови и сите жители во нив, племињата што останаа ќе те ограбат тебе!\n<sup>9</sup>Тешко на оној кој печали нечесна заработка за своето царство, кој гнездо вие на високо, за да ги избегне канџите на уништувањето!\n<sup>10</sup>Му нанесе срам на својот дом, уништувајќи многу племиња. Така си наштети самиот на себе.\n<sup>11</sup>Ете, каменот од ѕидот ќе извикне и гредата кровна ќе му возврати.\n<sup>12</sup>Тешко на оној кој подига град со крвопролевање и поставува тврдина со злосторство!\n<sup>13</sup>Зарем не е од ГОСПОД Семоќен човечката работа да биде само храна за огнот, народите да се истоштуваат напразно?\n<sup>14</sup>Зашто ќе се исполни земјата со знаење за славата ГОСПОДОВА, како што водите ги прекриваат морињата.\n<sup>15</sup>Тешко на оној кој му дава да пие на својот ближен, налевајќи му опојно вино, сѐ додека не го опие, за да може да го гледа неговото голо тело!\n<sup>16</sup>Со срам ќе бидеш исполнет, наместо со слава! Сега ти пиј и изложи ја голотијата своја! Врз тебе ќе падне чашата од десницата ГОСПОДОВА! Срам ќе ја покрие славата твоја!\n<sup>17</sup>Ете, насилството направено против Либан ќе те преплави и уништувањето на животните ќе те преплаши, заради пролеаната човечка крв и уништувањето на земјата, градот и на сите негови жители!\n<sup>18</sup>Каква полза од резбан лик кој од човечка рака е длабен, или од леан кип што подучува на лаги? Зарем оној кој ги создал верува во сопствената творба, иако идолите што ги прави се неми?\n<sup>19</sup>Тешко на оној, кој на дрвото вели >оживеј!', на беживотен камен - >разбуди се!'. Може ли тој да го води? Ете, тој е прекриен со злато и сребро, но здив во него нема.\n<sup>20</sup>Но ГОСПОД е во својот свет храм. Молчи пред Него, цела земјо!“\n= Глава 3 =\n5 Молитва на Хавакук.\n<sup>1</sup>Молитва на пророкот Авакум. На шигјонот.\n<sup>2</sup>ГОСПОДИ, слушнав за славата Твоја. Стојам во стравопочит пред делата Твои. Обнови ги во годините наши, во нашето време покажи ги, во гневот спомни си за милоста.\n<sup>3</sup>Бог од Теман дојде, Светиот од планината Паран. Села. Славата Негова ги прекри небесата, величественоста Негова ја исполни земјата.\n<sup>4</sup>Сјајот Му е како изгрев, зраци бликаат од раката Негова. Таму се крие силата Негова.\n<sup>5</sup>Пред Него чума одеше, помор ги следеше стапките Негови.\n<sup>6</sup>Застана и ја затресе земјата. Погледна и ги натера народите да треперат. Древните планини се срушија, старите ридови се урнаа, а патишта Негови се вечни.\n<sup>7</sup>Во јад ги видов шаторите на Кушан, во мака живеалиштата на земјата Мидјанска.\n<sup>8</sup>На реките ли се налути, о, ГОСПОДИ? Против потоците ли беше Твојот гнев? Против морето ли се разјари, та ги јавна Своите коњи, колите Твои победоносни?\n<sup>9</sup>Го извади Својот лак, кон проклетите исфрли стрели. Села. Ја раздели земјата со реки.\n<sup>10</sup>Те видоа планините и се поклонија, потоците се разлеаја, бездната испушти рика, на високо ги крена брановите свои.\n<sup>11</sup>Сонцето и месечината застанаа мирно на небото пред сјајот на Твоите стрели во лет, пред блесокот на Твоето светло копје.\n<sup>12</sup>Во гнев ја прегази земјата, во лутина ги согази народите.\n<sup>13</sup>Излезе за избавување на Твојот народ, за избавување на Твојот Помазаник. Го уништи водачот на земјата на злото, го соголи од глава до пети. Села.\n<sup>14</sup>Со стрелите негови му ја пронижа главата. Војниците негови јурнаа да ме сотрат, радувајќи се дека ќе го проголтаат бедниот што се крие.\n<sup>15</sup>Го согази морето со Твоите коњи, разматувајќи ги големите води.\n<sup>16</sup>Слушнав и затрепери срцето мое на тој звук, се затресоа усните мои. Морници ми поминаа низ телото и нозете ми се растреперија. Сепак, ќе чекам стрпливо денот на големата несреќа да дојде врз народот што нѐ напаѓа.\n<sup>17</sup>Дури и смоквата да не пушти пупки и да нема грозје по лозите, дури и бербата на маслината да потфрли и полињата да не дадат храна, дури и да снема овци во трлата и стока во оборите,\n<sup>18</sup>јас, сепак, ќе се зарадувам во ГОСПОД и ќе се веселам во Бог, мојот Спасител.\n<sup>19</sup>Јахве, ГОСПОД е мојата сила, ги прави стапалата мои како стапала на елен. Тој кон висините ме води. За диригентот: на моите жичани инструменти.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%BA_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1204, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7667", "title": "Хагај (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Повик да се обнови Божјиот дом.\n<sup>1</sup>Во втората година на царот Дарие, во шестиот месец, на првиот ден од месецот, дојде збор од ГОСПОД преку пророкот Хаггај за Зерувавел, синот на Шеалтиел, управителот на Јуда и за Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак:\n<sup>2</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Кажи им на овие луѓе: >Тие велат: не е уште дојдено времето домот ГОСПОДОВ да се гради.'“\n<sup>3</sup>Тогаш дојде збор од ГОСПОД преку пророкот Хаггај:\n<sup>4</sup><Време ли е за вие да живеете во домови (со дрво) обложени, додека овој дом лежи разурнат?“\n<sup>5</sup>И сега вака вели ГОСПОД Семоќен: „Внимателно замислете се над вашите патишта!\n<sup>6</sup>Посеавте за многу, но ожнеавте малку. Јадете, но не ви достасува. Пиете, но нема доволно за да се наситите. Се облекувате, но немате доволно за да се стоплите. Кој што печали, печали, но само за дупнато ќесе.“\n<sup>7</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Внимателно замислете се над вашите патишта!\n<sup>8</sup>Качете се на планината, донесете граѓа и градете го домот, за да Ми биде пријатно во него и да може да Ми биде оддадно слава“, вели ГОСПОД.\n<sup>9</sup><Очекувавте многу, но ете, малку е кога го донесовте дома. Јас го одвеав!“ - вели ГОСПОД Семоќен - „А зошто? Заради домот Мој кој е разурнат, додека секој од вас е зафатен со својот сопствен дом.\n<sup>10</sup>Затоа, заради вас, небесата не пуштија роса и земјата не ги даде плодовите свои.\n<sup>11</sup>Јас повикав суша врз полето и врз планините, врз житото и врз младото вино, врз маслото и врз она што се раѓа од земјата, врз човекот, врз стоката и врз целиот труд од рацете човечки.“\n<sup>12</sup>Тогаш Зерувавел, синот на Шеалтиел, Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак, и остатокот од народот се покорија и го слушнаа гласот на ГОСПОД, нивниот Бог, и зборовите на пророкот Хаггај, затоа што го испрати ГОСПОД, нивниот Бог. И се уплаши народот пред ГОСПОД.\n<sup>13</sup>Тогаш проговори Хаггај, гласникот ГОСПОДОВ, со порака од ГОСПОД до луѓето: „Јас сум со вас!“ - вели ГОСПОД.\n<sup>14</sup>И така го покрена ГОСПОД духот на Зерувавел, синот на Шеалтиел, управителот на Јуда, духот на Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак, и духот на преостанатиот народ. Дојдоа, и почнаа да работат на домот на ГОСПОД Семоќен, нивниот Бог,\n<sup>15</sup>на дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дарие.\n= Глава 2 =\n2 Ветената слава на новиот дом.\n<sup>1</sup>На дваесет и првиот ден од седмиот месец, дојде збор од ГОСПОД, преку пророкот Хаггај:\n<sup>2</sup><Кажи им сега на Зерувавел, синот на Шеалтиел, управителот на Јуда, на Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак, и на преостанатиот народ да се распрашаат:\n<sup>3</sup>Кој од вас остана што го видел овој дом во неговата поранешна слава? Како го гледате сега? Не ли е тој ништожен во вашите очи?\n<sup>4</sup>Но сега, биди силен Зерувавеле, вели ГОСПОД, биди силен Јошуа, сине на првосвештеникот Јехосадак, и бидете силни сите луѓе во земјата,“ - вели ГОСПОД - „и работете, оти Јас сум со вас!“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>5</sup><Она што во завет го склучив со вас кога излеговте од Египет, и Духот Мој остануваат меѓу вас. Не плашете се!“\n<sup>6</sup>Ете, вака вели ГОСПОД Семоќен: „По малку време, уште еднаш ќе ги протресам небесата и земјата, морето и копното.\n<sup>7</sup>Ќе ги протресам сите народи и ќе дојде Посакуваниот од сите народи, па ќе го исполнам со слава овој дом“, вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>8</sup><Мое е среброто и мое е златото!“, вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>9</sup><Голема ќе биде славата на овој дом, сегашната поголема од поранешната“, - вели ГОСПОД Семоќен, - „и во ова место ќе подарам мир!“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n3 Благослов за осквернетиот народ.\n<sup>10</sup>На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дарие, дојде збор од ГОСПОД, за пророкот Хаггај:\n<sup>11</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Прашај ги сега свештениците што кажува законот:\n<sup>12</sup>>Ако некој носи осветено месо во полата на својата наметка и со полата допре леб, варено месо, вино, масло, или каква било храна, станува ли и таа осветена?' Свештениците одговорија и рекоа: >Не!'\n<sup>13</sup>Тогаш рече Хаггај: >Ако некој осквернет затоа што се допрел до мртво тело, се допре до било што од ова, станува ли и тоа осквернето?' И свештениците одговорија и рекоа: >Станува осквернето!'\n<sup>14</sup>Тогаш одговори Хаггај и рече: >Такви се и овие луѓе, и овој народ, во очите Мои,' - вели ГОСПОД - >и такви се сите дела на рацете нивни. И она што го принесувате тука е осквернето.\n<sup>15</sup>А сега внимателно замислете се, од овој ден за понатаму! Пред да се постави камен на камен во храмот ГОСПОДОВ,\n<sup>16</sup>кога ќе се дојдеше до куп од дваесет - тој имаше десет, кога ќе се дојдеше до винска каца, за да се наточат педесет мери - имаше само дваесет.\n<sup>17</sup>Удрив по вас со гламја, со пепелница и со град по сиот труд на вашите раце. Сепак, вие не се вративте кај Мене!“ - вели ГОСПОД.\n<sup>18</sup>А сега, внимателно замислете се, од овој ден за понатаму. Од дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, до денот кога беше поставен темелот на храмот ГОСПОДОВ, внимателно замислете се!\n<sup>19</sup>Остана ли семе во амбарите? Сѐ досега лозата и смоквата, калинката и маслината, ништо не родија! Од денес ќе ве благословам!\n4 Зерувавел, прстен печат на ГОСПОД.\n<sup>20</sup>И дојде збор од ГОСПОД, по втор пат до Хаггај, на дваесет и четвтриот ден од месецот:\n<sup>21</sup>Кажи му на Зерувавел, управителот на Јуда: „Ќе ги протресам небесата и земјата,\n<sup>22</sup>ќе ги превртам престолите царски и ќе ја здробам силата на царствата туѓински. Ќе ги соборам колите и оние што ги возат. Ќе паднат коњите и оние што ги јаваат, секој од мечот на својот брат.\n<sup>23</sup>Во тој ден,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе те земам тебе, Зерувавеле, сине на Мојот слуга Шеалтиел,“ - вели ГОСПОД - „и ќе те направам прстен печат, оти тебе те одбрав.“, вели ГОСПОД Семоќен.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%98_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 800, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8073", "title": "Небиднина/ Десетта молитва на моето тело", "text": ":Еве го тоа место, таа заробена убавина,\n:таа чудесна смрт од сино и бело,\n:од сино и бело во очите на ветрот,\n:еве го тој непрокопсаник,тоа тело.\n:Еве го тоа место, таа свенлива убавина,\n:пред сите сегашности и пред сите дамнини,\n:пред твоето исконско темно неспокојство-\n:тие неизодливи нерамнини.\n:Ти стоиш овде немо и притаено\n:над овој стивнат и непознат вител.\n:Биди му пролет жуберлива и лековита\n:ако би му била повелник и жител.\n:И без да прашаш со древна љубопитност\n:дали е верен пленик на вистините,\n:влези тивко и незабележано,\n:влези со мудроста на годините.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%94%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8074", "title": "Небиднина/ Последна молитва на моето тело", "text": ":Црн е твојот ветар, а ноќта бела\n:и секој дамар напнат од зрелина.\n:Застани како меч во овој дрворед од тела\n:пред да се срушиш заслепено со белина.\n:Но и тогаш играта ќе продолжи пак\n:со иста таинственост и иста чедност.\n:И тие треви што ќе те покријат со мрак\n:ќе изгорат во пожарот на твојата жедност.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8084", "title": "Небиднина/ Квечерина", "text": ":Спиј.Каменот спие.Спијат водите.\n:Зад ридјето на твоите веѓи\n:со плашиците на твојот поглед.\n:Залез на сонцето.\n:Спиј.Каменот спие.Спијат водите.\n:Врз исчадената греда на твојата мисла\n:ко клупци во селска куќарка\n:излитени играчки на денот.\n:Спиј.Кменот спие.Спијат водите.\n:Над јаболкниата на твоите соништа\n:над јаболкницата светлотрепетлива\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9A%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8135", "title": "Војдан Чернодрински", "text": "Војдан Поп Георгиев - Чернодрински (Селци, Струга, 15 јануари 1875 - Софија, 8 јануари 1951), истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Псевдонимот Чернодрински потекнува од реката Црн Дрим која тече крај неговото родно село.\n1 Творештво\n1.1 Книги\n* Македонска крвава свадба", "subject": ["Војдан Чернодрински"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B0%D0%BD_%D0%A7%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8091", "title": "Има ли песна", "text": "''Има ли песна'' е современа народна македонска песна во оригинална изведба на Наум Петрески.\n1 Текст на песната\n: Има ли песна, пеана?\n: Јас да ја пеам за неа.\n: Има ли зборој, кажани, има ли?\n: Јас да ги кажам за неа.\n: Има ли солзи горчливи?\n: Јас да ги пијам за неа.\n: Има ли солзи, горчливи, има ли?\n: Јас да ги пијам за неа.\n: Остана тага, љубовна,\n: Длабоко в гради скриена.\n2 Надворешна врска\n* на Наум Петрески и Тоше Проески", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BC%D0%B0_%D0%BB%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7666", "title": "Сефанија (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Предупредување за уништувањето што следи\n<sup>1</sup>Збор од ГОСПОД упатен до Сефанија, син на Куши, син на Гедалија, син на Амарија, син на Хезекија, во деновите на Јосија, син на Амон, цар Јудејски.\n<sup>2</sup><Ќе збришам, ќе збришам сѐ од лицето на земјата!“, вели ГОСПОД.\n<sup>3</sup><Ќе ги збришам луѓето и животните; ќе ги збришам птиците од небото и рибите од морето, купишта шут ќе им останат на злите кога ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата“, вели ГОСПОД.\n2 Против Јуда\n<sup>4</sup><Ќе ја испружам раката Моја против Јуда и против сите што живеат во Ерусалим и ќе ги искоренам од ова место остатоците од Баал, имињата на паганските и идолсите свештеници.\n<sup>5</sup>На оние што клечат по покривите пред небесното воинство, што клечат и се колнат во ГОСПОД, но се колнат и во Малкам.\n<sup>6</sup>Оние што му вртат грб на ГОСПОД и кои ниту Го бараат, ниту се распрашуваат за ГОСПОД.\n<sup>7</sup>Молчете пред ГОСПОД Седржителот, оти близу е денот ГОСПОДОВ! ГОСПОД проготви жртва, ги освети оние што ги покани.\n<sup>8</sup>На денот на жртвата ГОСПОДОВА, ќе ги казнам кнезовите, царските синови и сите оние кои носат туѓински облеки.\n<sup>9</sup>Во тој ден ќе ги казнам и оние кои одбегнуваат да стапнат на прагот, оние кои го исполнуваат храмот на своите богови со насилство и измама.\n<sup>10</sup>Во тој ден,“ - вели ГОСПОД - „плач ќе се крева од Рибјата порта, лелек од Новата населба и силен лом од ридовите.\n<sup>11</sup>Лелекајте жители на пазариштето, оти сите трговци ќе бидат збришани, ќе бидат уништени сите што тргуваат со сребро.\n<sup>12</sup>Во тоа време, ќе го пребарам Ерусалим со ламби и ќе ги казнам оние кои се самозадоволни, кои се како вински талог, оние што мислат во своите срца: >ГОСПОД нема да направи ниту добро, ниту лошо.'\n<sup>13</sup>И ќе бидат оставени нивните богатства за грабеж и куќите нивни за рушење. Ќе градат куќи, но нема да живеат во нив. Ќе садат лозја, но нема да пијат од нивното вино.\n3 Големиот ден ГОСПОДОВ\n<sup>14</sup>Близу е големиот ден ГОСПОДОВ. Близу е и брзо надоаѓа. Плачот на денот ГОСПОДОВ ќе биде горчлив. Викаат војниците.\n<sup>15</sup>Ден на гнев е тој ден, ден на несреќа и силна болка, ден на неволја и уништување, ден на темнина и мрак, ден на облаци и црнила.\n<sup>16</sup>Ден на трубен и боен вик, против утврдените градови, и против аголните кули.\n<sup>17</sup>Ќе донесе несреќа врз луѓето и ќе одат како слепи, зашто против ГОСПОД грешеа. Ќе бидат излеани крвта нивна како прашина, и цревата нивни како нечистотија.\n<sup>18</sup>Ниту среброто нивно, ниту златото нивно нема да може да ги спаси, на денот на гневот ГОСПОДОВ. Во огнот на неговата љубомора целиот свет ќе биде обземен; оти Тој ненадејно ќе им стави крај на сите жители на земјата.“\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Собери се, собери се, народе бесрамен,\n<sup>2</sup>пред да дојде определеното време, а денот се одвејува како плева, пред огената лутина ГОСПОДОВА да падне врз вас, додека не дошол за вас денот на гневот ГОСПОДОВ!\n<sup>3</sup>Барајте го ГОСПОД сите кротки на земјата, кои заповедите Негови ги извршувате! Барајте праведност, барајте скромност! Можеби ќе бидете заштитени на денот на гневот ГОСПОДОВ.\n4 Против Пилистија\n<sup>4</sup>Ете, Газа ќе биде напуштена и Ашкелон во урнатини, Ашдод среде пладне ќе биде испразнет и Екрон ќе биде искоренет.\n<sup>5</sup>Тешко на оние што живеат во крајморската земја, Керетитјани, зборот ГОСПОДОВ е против вас. Канаан, земјо на Пилистијците, ете ќе те уништам, ниту еден од тебе нема да остане.\n<sup>6</sup>И ќе стане крајморската земја, живеалиштето на Керот, пасишта и трла за овци.\n<sup>7</sup>Ќе стане земја што ќе му припаѓа на остатокот на домот Јудин. Во неа ќе наоѓаат пасишта, во домовите на Ашкелон навечер ќе легнуваат. Ќе се грижи за нив ГОСПОД, нивниот Бог и ќе го обнови нивното богатство.\n5 Против Моав и Амон\n<sup>8</sup><Ги чув навредите на „ref> Моав и Амон видете 1 Мој 19:36-38, Ам 1:13.Моав и подсмевањата на синовите Амонови*, кои го навредуваа Мојот народ, и ѝ се закануваа на нивната земја.\n<sup>9</sup>Затоа, жив сум Јас,“ - вели ГОСПОД Семоќен, Бог на Израел, - „ќе стане Моав како „ref> Содом и Гомора 1 Мој 19.Содом, а синовите Амонови како Гомора*; место на плевел, солена јама и пустош засекогаш! Остатокот од Моите луѓе ќе ги ограбат и преживеаните од Мојот народ ќе ги наследат.\n<sup>10</sup>Ова им е казна заради гордоста нивна, оти тие го навредуваа и му се потсмеваа на народот на ГОСПОД Семоќен.\n<sup>11</sup>Страотен ќе биде ГОСПОД за нив, кога ќе ги уништи сите богови на земјата. Тогаш ќе Му се поклонуваат народите од сите брегови, секој во својата земја.\n6 Против Куш\n<sup>12</sup>И вие Кушити, ќе бидете заклани од Мојот меч!\n<sup>13</sup>Ќе ја протегне раката Своја против север и ќе ја уништи Асирија, ќе ја остави Нинева напуштена и сува како пустина.\n<sup>14</sup>Среде неа ќе лежат стада, глутници од разни животни. Пустинскиот був и вресливата утка ќе дремат на нејзините столбови. Нивното укање ќе одѕвонува низ прозорците. Шут ќе го прекрие прагот, а кедровите греди ќе се соголат.\n<sup>15</sup>Ете го градот безгрижен, кој живееше во сигурност, оној што си велеше: >Јас сум и нема друг освен мене!'. Каква урнатина тој стана! Легло за дивите ѕверови! Секој што поминува покрај него, се подбива и замавнува со песницата.“\n= Глава 3 =\n7 Иднината на Ерусалим\n<sup>1</sup><Тешко на градот бунтовен и развратен, град угнетувачки!\n<sup>2</sup>Не се покорува на никого, не прифаќа исправања. Во ГОСПОД не верува, кон Својот Бог не се приближува.\n<sup>3</sup>Луѓето што се на власт во него - лавови разрикани. Управителите негови - волци во ноќта, ништо не оставаат до утрото.\n<sup>4</sup>Пророците негови - луѓе дигноглави и подмолни. Свештениците негови ги сквернават светите нешта, го кршат законот.\n<sup>5</sup>Праведен е ГОСПОД среде него, не чини неправда, од утро до утро правдата своја ја дели. Во новиот ден не изневерува. Сепак, неправедниот не знае за срам.\n<sup>6</sup>Ги уништив народите, раурнати се тврдините нивни, им ги опустошив улиците, па никој не поминува по нив; разорени се градовите нивни, никој, никој не остана!\n<sup>7</sup>Јас реков: >Ќе се плашиш ти од Мене, сигурно! Ќе прифатиш исправање! Тогаш нема да бидат разурнати твоите живеалишта, сите оние кои Јас ќе ги казнам.' Но тие ревносно ги спроведуваа своите расипани дела.\n<sup>8</sup>Затоа, чекајте на Мене,“ - вели ГОСПОД - „на денот кога ќе се кренам за плен. Ете, решив да ги соберам народите, да ги приберам царствата, за да ја излеам врз нив лутината Своја, сета жестина на Мојот гнев. Целиот свет ќе биде проголтан од огнот на Мојата љубоморна лутина.\n<sup>9</sup>Тогаш ќе ги променам устите на луѓето, за да бидат чисти, за сите тие да го повикуваат името ГОСПОДОВО и да му служат рамо до рамо.\n<sup>10</sup>Од зад реките на Куш, поклоници Мои, потомци на Мојот распрснат народ ќе ми принесуваат жртви.\n<sup>11</sup>На тој ден, нема да бидеш изложен на срам, заради сите грешни дела твои, заради тоа што Ми грешеше, оти тогаш ќе ги отстранам од тебе оние кои се радуваат во гордоста своја и никогаш повеќе нема да бидеш горд на Мојот свет рид.\n<sup>12</sup>Ќе ги оставам во тебе луѓето кротки и скромни, кои веруваат во името ГОСПОДОВО.\n<sup>13</sup>Остатокот од Израел нема да чини зло и нема да изговара лаги. Нема да се најде во устата нивна јазик измамнички. Ќе јадат, ќе одмараат и никој нема да ги заплашува.\n<sup>14</sup>Пеј ќерко Сионова! Викни силно Изреле! Радувај се и весели се, со сето свое срце ќерко Ерусалимова!\n<sup>15</sup>ГОСПОД ја симна од тебе казната твоја, го сврте назад непријателот твој. ГОСПОД, царот на Израел е среде тебе. Никогаш повеќе нема да се плашиш од зло.\n<sup>16</sup>На тој ден, ќе му биде кажано на Ерусалим: >Не плаши се Сионе, нека не клапнуваат рацете твои!\n<sup>17</sup>ГОСПОД, твојот Бог е среде тебе! Моќен е Тој и спасува. Ќе ужива во тебе со радост. Ќе те утеши со љубов. Ќе се зарадува над тебе со песна.'\n<sup>18</sup>Оние што тагуваат заради празниците, ќе ги отстранам од тебе. Тие се терет и срам за тебе.\n<sup>19</sup>Гледај, во тоа време ќе се справам со сите твои угнетувачи, ќе ги избавам сакатите, ќе ги приберам распрснатите. Ќе им дадам слава и чест во сите земји каде што беа посрамени.\n<sup>20</sup>Во тоа време, ќе ве приберам. Во тоа време ќе ве вратам дома. Ете, ќе ви дадам чест и слава меѓу сите народи на земјата. Тогаш ќе ги обновам вашите богатства пред ваши очи“, вели ГОСПОД.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1274, "cyrillic": 0.999}
{"id": "8170", "title": "Устав на Соединетите Американски Држави", "text": "Уставот на САД е донесен од страна на Конгресот на САД во 1787 година, а денеска покрај него, воведени се и неколку амандмани за негова измена, кои се моментално на сила. Деловите со здебелени букви се изменети со амандмани.\n1 Преамбула\nНие, народот на Соединетите Американски Држави, со цел да створиме посовршен сојуз, да ја втемелиме правдата, да го осигураме мирот во земјата, да се погрижиме за заедничката одбрана, да ја унапредиме општата благосостојба и да обезбедиме благодети на нашата слобода, и слободата на нашето потомство, го одредуваме и донесуваме овој Устав на Соединетите Американски Држави.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%90%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B8", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7252", "title": "Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле,\nапостол на Исус Христос, назначен по заповед на Бог, нашиот Спасител, и на Христос, нашата надеж.\n<sup>2</sup>До Тимотеј, кој заради заедничката вера ми е како син.\nТи посакувам Бог Таткото и нашиот Господ Исус Христос да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.\n2 Предупредување против изопачените учења\n<sup>3</sup>Кога заминував за Македонија, те замолив да останеш во Ефес и да предупредиш одредени луѓе таму да престанат да шират изопачени учења,\n<sup>4</sup>да престанат да си го губат времето со митови и со бескрајни родослови. Со такви нешта само предизвикуваат расправии, а не водат до Божјиот план, кој може да се осознае само преку вера.\n<sup>5</sup>Целта на нашето предупредување е тамошните христијани да научат да сакаат искрено и од сѐ срце, да имаат чиста совест и искрена вера.\n<sup>6</sup>Некои учители застранија од ова и се свртеа кон празни мудрувања.\n<sup>7</sup>Сакаат да бидат учители на Мојсеевиот Закон, а не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту пак она што го тврдат со толкава самоувереност!\n3 Улогата на законите\n<sup>8</sup>Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри.\n<sup>9</sup>Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават сѐ што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители!\n<sup>10</sup>Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење\n<sup>11</sup>што произлегува од величествената Радосна вест која ми ја довери нашиот прекрасен Бог.\n4 Благодарност за Божјата милост\n<sup>12</sup>Благодарен сум Му на нашиот Господ Исус Христос, Кој сметаше дека може да има доверба во мене и ми даде сила да ја вршам оваа работа.\n<sup>13</sup>Јас зборував навредливи нешта за Него, безобѕирно ги прогонував Неговите следбеници, но Тој се смилува над мене, зашто знаеше дека тоа се случуваше пред да поверувам и не бев свесен што правам.\n<sup>14</sup>Каква огромна благонаклоност покажа нашиот Господ спрема мене! Целосно ме исполни со вера и љубов каква што има Исус Христос.\n<sup>15</sup><Исус Христос дојде на овој свет за да ги спаси грешните.“ Оваа вистина сите треба да ја прифатиме со целосна доверба. Јас сум најголемиот грешник од сите!\n<sup>16</sup>Но токму заради тоа Бог се смилува над мене и преку мојот пример покажа колку Исус Христос е трпелив со нас грешните. Така и други луѓе ќе сфатат дека и тие можат да поверуваат во Него и да добијат вечен живот.\n<sup>17</sup>На вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му оддадеме слава и почит за вечни времиња! Амин.\n<sup>18</sup>Тимотеј, сине мој, упатствата што ти ги давам се засновани врз пророштвата што претходно се дадени за тебе. Нека те поттикнуваат да се бориш како добар војник,\n<sup>19</sup>да бидеш верен и да имаш чиста совест. Некои луѓе доживеаја бродолом во својата вера, бидејќи не си ја слушаа совеста.\n<sup>20</sup>Тоа им се случи на Именеј и на Александар. Тие луѓе му ги препуштив на Сатаната, за да се научат да не зборуваат навредливо за Бог.\n= Глава 2 =\n5 Како треба да Му се служи на Бог\n<sup>1</sup>Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив.\n<sup>2</sup>Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство.\n<sup>3</sup>Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа.\n<sup>4</sup>Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината, а тоа е дека\n<sup>5</sup>постои само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог и луѓето: тоа е човекот Исус Христос.\n<sup>6</sup>Тој го даде Својот живот за да се откупи слобода за секој човек. Бог му ја упати оваа порака на светот во вистинско време.\n<sup>7</sup>Бог ме одбра да бидам проповедник и апостол на таа Радосна вест. Јас не лажам. Она што ви го зборувам е вистина. Бог ме испрати кај оние што не се Евреи, да ги учам за верата и вистината.\n<sup>8</sup>Затоа, каде и да се собирате, од мажите барам да креваат чисти раце кон небото и да се молат ослободени од лутина и препирки.\n<sup>9</sup>Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.\n<sup>10</sup>Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.\n<sup>11</sup>Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.\n<sup>12</sup>Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,\n<sup>13</sup>зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,\n<sup>14</sup>а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.\n<sup>15</sup>Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.\n= Глава 3 =\n6 Какви треба да бидат водачите и помошниците во црквите\n<sup>1</sup>Точно е дека кога некој сака да биде водач на црква, посакува многу возвишена работа.\n<sup>2</sup>Затоа, за да биде човек водач на црква, мора да биде без пороци, да ѝ биде верен на својата сопруга, да биде воздржан, разумен, со добар углед, гостољубив и способен да поучува.\n<sup>3</sup>Не смее да се опива, ниту да врши насилства. Треба да биде трпелив, да не е склон кон расправии и да не биде алчен за пари.\n<sup>4</sup>Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.\n<sup>5</sup>Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?\n<sup>6</sup>Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и ѓаволот.\n<sup>7</sup>Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не ѝ припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на ѓаволот и да се посрамоти.\n<sup>8</sup>Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.\n<sup>9</sup>Мора да имаат чиста совест и цврсто да се држат до начелата на христијанската вера кои сега ни се откриени.\n<sup>10</sup>Пред да бидат назначени за ѓакони, тие треба да се докажат како луѓе без пороци.\n<sup>11</sup>Исто така и нивните жени треба да бидат сериозни. Не треба да се занимаваат со озборување, не треба да бидат избувливи, туку треба да бидат верни во секој поглед.\n<sup>12</sup>Секој ѓакон треба да ѝ биде верен на својата сопруга, добро да си ги воспитува децата и добро да го води сопственото домаќинство.\n<sup>13</sup>Тие што добро ги извршуваат ѓаконските должности во црквата треба да бидат наградени со почит и доверба како верни следбеници на Исус Христос.\n7 Тајната на нашата вера\n<sup>14</sup>Се надевам дека набрзо ќе те посетам, но сепак ти го пишувам ова\n<sup>15</sup>за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.\n<sup>16</sup>Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена:\nХристос дојде во човечко тело.\nСветиот Дух потврди дека Тој\nја исполни Божјата волја.\nАнгели Го видоа.\nЗа Него им беше проповедано\nна народите.\nЛуѓето поверуваа во Него.\nТој славно се вознесе на небото.\n= Глава 4 =\n8 Распознавање на лажните учители\n<sup>1</sup>Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења.\n<sup>2</sup>Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.\n<sup>3</sup>Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.\n<sup>4</sup>Сѐ што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.\n<sup>5</sup>Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.\n9 Примерни христијански водачи\n<sup>6</sup>Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.\n<sup>7</sup>Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.\n<sup>8</sup>Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.\n<sup>9</sup>Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба.\n<sup>10</sup>Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.\n<sup>11</sup>На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.\n<sup>12</sup>Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.\n<sup>13</sup>Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото писмо во црквата, на проповедање и поучување.\n<sup>14</sup>Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините.\n<sup>15</sup>Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш.\n<sup>16</sup>Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.\n= Глава 5 =\n10 Примерен однос спрема луѓето во црквата\n<sup>1</sup>Спрема постари луѓе не покажувај грубост, туку обраќај им се како што би му се обратил на сопствениот татко. Спрема тие што се помлади од тебе однесувај се како да ти се браќа.\n<sup>2</sup>Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки, а спрема помладите, твојот однос треба да биде чист, како спрема сестри.\n<sup>3</sup>Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи.\n<sup>4</sup>Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив. Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство. Тоа е она што Бог го бара од нив.\n<sup>5</sup>Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него.\n<sup>6</sup>Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива.\n<sup>7</sup>Пренеси им ги овие упатства, за да не грешат.\n<sup>8</sup>Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата! Тие се полоши и од неверниците!\n<sup>9</sup>Секоја вдовица за која ќе се грижи црквата треба да ги исполнува следниве услови: да има најмалку шеесет години, да му била верна на својот сопруг,\n<sup>10</sup>да се има докажано со правење добри дела, со одгледување деца, со гостољубивост спрема патници, со понизна услужливост спрема вистинските христијани, со тоа што им помагала на луѓето во невола и секогаш била посветена на правење добри дела.\n<sup>11</sup>Помлади вдовици не ставај на списокот. Ако телесните страсти ја надвладеат нивната посветеност спрема Христос, тие ќе посакаат повторно да се омажат.\n<sup>12</sup>Така ќе го прекршат ветувањето што претходно го дале.\n<sup>13</sup>Освен тоа, тие можат да станат мрзливи и да им стане навика да одат од куќа во куќа. Не само тоа, туку можат да почнат да озборуваат, да прават сплетки и да зборуваат работи што не им прилегаат.\n<sup>14</sup>Затоа, мој совет е помладите вдовици повторно да се омажат, да раѓаат деца и да се грижат за сопствените семејства. Така противникот ќе нема повод да ги клевети.\n<sup>15</sup>За жал, некои вдовици веќе скршнаа и му станаа следбенички на Сатаната.\n<sup>16</sup>Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи.\n<sup>17</sup>Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат.\n<sup>18</sup>Така вели и Светото писмо: „Не врзувајте му ја муцката на вол што врши жито.“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата.“\n<sup>19</sup>Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци. Во спротивно, немој да го слушаш.\n<sup>20</sup>Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.\n<sup>21</sup>Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов! Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрасен!\n<sup>22</sup>Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!\n<sup>23</sup>Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.\n<sup>24</sup>Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време.\n<sup>25</sup>Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.\n= Глава 6 =\n11 За робовите - христијани\n<sup>1</sup>Христијаните кои се затекнале како робови треба искрено да ги почитуваат своите господари. Во спротивно, ќе дадат повод да се зборува лошо за Бог и за нашето учење.\n<sup>2</sup>Оние, пак, чии господари се христијани не треба поради тоа помалку да ги почитуваат. Напротив, треба да им служат најдобро што знаат и умеат, бидејќи со тоа му помагаат на својот брат по вера, што треба да го сакаат. Така треба да ги поучуваш и да ги советуваш.\n12 Алчни вероучители. Опасности од алчноста за пари.\n<sup>3</sup>Секој што поучува поинаку, му се противставува на здравото учење на нашиот Господ Исус Христос, кое е основа на побожноста.\n<sup>4</sup>Таквите учители горделиво се самозалажуваат, а ништо не им е јасно. Имаат нездрава желба да се расправаат, за збор да се фаќаат, а од тоа произлегуваат завист, кавги, навреди, опасна недоверба\n<sup>5</sup>и постојани расправии. Нивните умови се изопачени и тие не ја разбираат вистината. Мислат дека верата е средство за лично богатење.\n<sup>6</sup>Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш.\n<sup>7</sup>Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе.\n<sup>8</sup>Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни.\n<sup>9</sup>Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.\n<sup>10</sup>Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки.\n13 Упатства за Божјите луѓе\n<sup>11</sup>Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток.\n<sup>12</sup>Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво!\n<sup>13</sup>Пред Бог, Кој му дава живот на сѐ што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам\n<sup>14</sup>беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, сѐ до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>15</sup>Бог е нашиот единствен Владетел,\nЦар на царевите и Господар на господарите.\nВо определеното време Тој\nпак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.\n<sup>16</sup>Само Бог е бесмртен.\nТој живее во светлина\nво која никој не може да Му пријде!\nЧовечко око не Го видело,\nниту може да Го види.\nСета почит и власт\nМу припаѓаат Нему. Амин!\n<sup>17</sup>Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат! Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува сѐ што ни е потребно за да уживаме во животот.\n<sup>18</sup>Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат.\n<sup>19</sup>Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.\n<sup>20</sup>Тимотеј, чувај го тоа што ти го доверил Бог! Не учествувај во непристојни и празни разговори, во расправи за она што лажно се нарекува „знаење“.\n<sup>21</sup>Некои луѓе скршнаа од верата, поведувајќи се по такви работи.\nБог нека ви биде благонаклонет!", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D0%A2%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%98_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2682, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8213", "title": "Житие на Методија (Панонски легенди)", "text": "„ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ“\nШести ден од месец април\nСпомен и житие на блажениот\nотец наш и учител Методиј,\nархиепископ моравски, Господи,\nблагослови отче\n1.\nБлагиот и семоќен Бог, Кој создал од небитие во битие сè што е видливо и невидливо, и го украсил со секаква убавина, па оној што размислува по малку може делумно да разбере и да Го познае Оној што создал такви чудесни и многубројни дела, бидејќи според големината и убавината на созданијата преку размислување, се познава нивниот Творец (сп. Мудр. Сол. 13,5), што Го воспеваат ангелите со трисвети гласови и сите правоверни Го славиме во Света Троица, односно во Отца и Сина и Светиот Дух, кој е во три ипостаси, што може да се рече и три лица, но во едно божество. Зашто пред секој час и време и година, над секој ум, несфатливо и за бестелесните сили, Самиот Отец Го родил Синот, како што вели Премудроста: „Ме роди пред сите ридови“ (Изреки 8,25). И самото Божјо Слово, Кое во последните години се овоплоти заради нашето спасение, со својата пречиста уста, во Евангелието вели: „Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене“ (Јн 14,11). Од истиот Отец исходи (произлегува) и Светиот Дух, како што рече самиот Син со својот Божји глас: „Духот на вистината Кој излегува од Отецот“ (Јован 15,26). Тој Бог ја создаде сета твар, како што вели Давид: „Преку словото на Господа се утврдија небесата и преку Духот на Неговата уста - сите нивни сили, зашто Он рече и тие настанаа, Он заповеда и се создадоа“ (Пс 32,6,9).\n...", "subject": ["Старословенска писменост", "Македонска литература", "Житија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B8%29", "word_count": 258, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8373", "title": "Велигденска песна", "text": "Христосово воскресвење\nШто ми је лепо убоо,\nна високана планина,\nн’ онаа рамна рудина!\nРајските софри ставени,\nнајгоре Свети Никола,\nдо него Свети Илија,\nмеѓу ним сестра Мариа,\nсо Риста Бога на р’це,\nсо злато капче на глаа.\nСвиле се до два облака,\nкренале ми го Ристоса.\nСедна Мариа да плачит,\nСвети Никола је тешит:\n„М’лчи ми сестро Марио!\nМие ќе ти го зеиме,\nпак тебе не го дааме,\nќе го даиме на занат,\nда праит страшни мостеи,\nда врват грешните души.\nПрвата душа што мина,\nтаја је грешна прегрешна,\nчуждо ми дете дојала,\nалал не му го даала.\nВтората душа што мина,\nтаја је грешна прегрешна,\nназаем брашно земала,\nкога го назот враштала,\nсо пепел ми го мешала.\nТреќата душа што мина,\nтаја је грешна прегрешна,\nназаем сољца земала,\nкога је назот враштала,\nсо песок ми ја мешала.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8374", "title": "Христосово воскрсвење", "text": "Христосово воскресвење\nШто ми је лепо убоо,\nна високана планина,\nн’ онаа рамна рудина!\nРајските софри ставени,\nнајгоре Свети Никола,\nдо него Свети Илија,\nмеѓу ним сестра Мариа,\nсо Риста Бога на р’це,\nсо злато капче на глаа.\nСвиле се до два облака,\nкренале ми го Ристоса.\nСедна Мариа да плачит,\nСвети Никола је тешит:\n„М’лчи ми сестро Марио!\nМие ќе ти го зеиме,\nпак тебе не го дааме,\nќе го даиме на занат,\nда праит страшни мостеи,\nда врват грешните души.\nПрвата душа што мина,\nтаја је грешна прегрешна,\nчуждо ми дете дојала,\nалал не му го даала.\nВтората душа што мина,\nтаја је грешна прегрешна,\nназаем брашно земала,\nкога го назот враштала,\nсо пепел ми го мешала.\nТреќата душа што мина,\nтаја је грешна прегрешна,\nназаем сољца земала,\nкога је назот враштала,\nсо песок ми ја мешала.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BE_%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%9A%D0%B5", "word_count": 141, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8448", "title": "Зимско утро", "text": ":Молчи зимското утро\n:Се стуткало како куче.\n:Уште не му се излегува надвор.\n:Студи.\n:Под мојот прозорец\n:И денеска цвркоти и си рипка\n:Шалава сипка:\n:Сип, сип, сип!\n:И тоа како порив за живот\n:Во мене пак се буди!\n1 Поврзано\n* Блаже Конески", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B8%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D1%83%D1%82%D1%80%D0%BE", "word_count": 43, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8450", "title": "Уплав", "text": ":Светка, зимски, мраз по улиците.\n:Снегот од кровови обвиснува\n:во мразулци. А што ни смислува\n:ќе кажат допрва капавиците.\n:Маглата гризе до утробата.\n:Ни мрзнат белите дробови.\n:Не стега в пранги, како робови,\n:зимскиот уплав и прокобата.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B2", "word_count": 37, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8412", "title": "Википедија:Селска чешма", "text": "1 Попречување на Владение\nПочитувани ,\nИма тужба против мене за попречување на владение . Се работи за катастарски моја земја од 1,5 м. во склоп на моја парцела која до неодамна ја користев за мои потреби. Бидејки во последно време опцнаа да ја користат и комсиите , истиот дел го обезбедив со синџир.\nЗа ова од комшиите добив тужба за попречување на владение на сопствената земја.\nДали е можно на мојата сопствена земја да ме тужат за попречување на владение?\nПоздрав\nНауме\n2 ВАЖНО: Проверка за активност на администраторите\nЗдраво. Во 2013 г. со консензус од глобалната заедница беше усвоено правило за одземање на „напредните права“ (администраторски, бирократски и тн). Согласно ова правило, надзорниците сега ја проверуваат активноста на сите Викимедиини викија без свое правило за неактивност. Колку што сме запознаени, вашето вики нема формална постапка за одземање на „напредните права“ од неактивните сметки. Поради тоа, за овој проблем ќе се погрижат надзорниците, во склад со договореното за проверка на администраторска активност.\nУтврдивме дека следниве корисници ги задоволуваат условите за неактивност (нема уредувања и дејства во дневниците преку 2 години):\n#MacedonianBoy (администратор)\nОвие корисници наскоро ќе добијат известување, во кое ќе им се укаже дека можат да почнат дискусија во заедницата доколку сакаат да си ги задржат правата (сите или некои). Доколку корисниците не се одѕват на ова, тогаш надзорниците ќе им ги одземат напредните права.\nМеѓутоа, доколку вие како заедница сакате да направите своја постапка за одземање на права поради неактивност која би ја замениле глобалната, сакате да донесете поинаква одлука за овие неактивни иматели на правата, или пак веќе имате правила кои ги немаме забележано, тогаш би ве замолиле да ги известите надзорниците на Мета за да знаат да не продолжуваат со одземање на правата на вашето вики. Ви благодариме, Linedwell (разговор) 07:46, 16 март 2017 (CET)", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0", "word_count": 299, "cyrillic": 0.99}
{"id": "8453", "title": "Песни 1953", "text": ": „ПЕСНИ“ е стихозбирка на Блаже Конески отпечатена во 1953 година.\n1 СОДРЖИНА\n* Песни/ Молитва\n* Песни/ Враќање\n* Песни/ Спомен за славеј\n* Песни/ Успивање на болно дете\n* Песни/ Јаготки\n2 Поврзано\n*Блаже Конески", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8_1953", "word_count": 31, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8451", "title": "Приспивна", "text": ":Кој ли ќе те гушне\n:со рацете мали\n:и со златна коса\n:саноќ да те гали?\n:Кој сребрена песна\n:на сон ќе ти пее:\n:„Надвор ветре дува,\n:месечина грее.\n:Надвор лисје шуми,\n:ројот ѕвезден бега.\n:Јас те сакам многу,\n:мој си, мој си сега.\n:Надвор роса роси\n:и зокумон спие.\n:Спи ми, спи ми, сонот\n:убав нека ти е.\"", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0", "word_count": 59, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8452", "title": "Дете заспало крај езеро", "text": ":Ти спиеш малечко\n:А езеро се замислило —\n:Езерото ја подготвува твојата судбина.\n:Ти спиеш а тоа\n:Со неусетно потплиснување ти влегува в душа\n:Како во заливчите со бели камчиња\n:Во кое секое камче се гледа.\n:Ти спиеш\n:Но и најситното негово набирање\n:Како нишка води до оние гласни таласи\n:Што еднаш ќе се родат, ќе заплачат и ќе те понесат.\n:Спиј си детенце\n:Езерото ја создава твојата душа\n:И мисли за твоите идни возбуди.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%BE_%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE", "word_count": 74, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8454", "title": "Молитва", "text": ":Да појдеш ноќе в шума\n:Од сите утајум тајно,\n:На тиха полноќ да втасаш\n:До едно место знајно.\n:Ставити трепетни борје\n:До небо таму се вишат,\n:Тревите околу бујно\n:Опоен омав дишат.\n:Нема да истрпи веќе\n:Срце што лудува силно,\n:Со викум ти ќе се фрлиш\n:На земи дивно и вилно.\n:Земјо, радост ѝ треба\n:На една младешка снага.\n:Лекуј ме, лекуј ме, земјо,\n:Од немир темен и тага!", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8456", "title": "Песни/ Враќање", "text": ":Се поврати човек во родниот град,\n:По многу време и мака.\n:Што оставил еднаш тој не најде пак,\n:Тој не најде ништо да мрази и сака.\n:И прошета дента по сокаци сам\n:Со надеж за веселба бујна.\n:И прошета дента, а штом падна мрак,\n:Тој застана мрачен крај реката струјна.\n:А пееше долу брзотечен бран\n:За нешто што неврат го гони,\n:И човекот сети во душата жал,\n:Му дојде да вика и солзи да рони.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%92%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 75, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8457", "title": "Песни/ Спомен за славеј", "text": ":Тој час мој заден спомен да бим бидел —\n:Јас тебе, вишен Славеј, би те видел\n:И оној килим по рудини твои\n:Со златест прелив како со трепет сум пазел\n:По таа убост леко да би газел.\n:На цветна лака се намерив скоро,\n:Не цвеќе било — девојчинско оро,\n:Не цвеќе било — малесорски вити,\n:Со нивна лика гора лика кити.\n:Тој час мој заден поглед да би бидел,\n:Во сиња магла Струга би ја видел;\n:Од врвот вишен, пред нерврат да фатам,\n:О езеро, јас поздрав ќе ти пратам.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%A1%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%98", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8458", "title": "Песни/ Успивање на болно дете", "text": ":Заспи ми, мило, смири се веќе,\n:Болно си, мое сине.\n:На сон ќе видиш јагне и цвеќе,\n:Болката на сон ќе мине.\n:„Мајчице, саноќ над мене биди,\n:Чувај ме, страшно ми е:\n:На пајажинана онаму види\n:Жолт пајак крв што пие!“\n:Не, сине, тоа месецот грее\n:И ѕвезди в небесни страни.\n:Не бој се, мајка саноќ ќе бдее,\n:Нани ми, нанкај, нани.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%A3%D1%81%D0%BF%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8455", "title": "Песни/ Молитва", "text": ":Да појдеш ноќе в шума\n:Од сите утајум тајно,\n:На тиха полноќ да втасаш\n:До едно место знајно.\n:Ставити трепетни борје\n:До небо таму се вишат,\n:Тревите околу бујно\n:Опоен омав дишат.\n:Нема да истрпи веќе\n:Срце што лудува силно,\n:Со викум ти ќе се фрлиш\n:На земи дивно и вилно.\n:Земјо, радост ѝ треба\n:На една младешка снага.\n:Лекуј ме, лекуј ме, земјо,\n:Од немир темен и тага!", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/_%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 69, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8449", "title": "Очи", "text": ":Три дена на раце те носевме збрана,\n:со тага и болка на погледот срцен,\n:и секоја капка на твојата рана\n:ко крвава жар ни капеше в срце.\n:Другарите беа и морни и гладни\n:со згорени грла и свиени плеќи\n:со тап бол се впија во очите ладни\n:и жалеа оти не ќе пламнат веќе.\n:Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој\n:и борците под нив ќе цветат и раснат,\n:в студените утра ќе греат ко сонце\n:и никога нема да стијнат и згаснат.\n:Последната вечер в планинското село,\n:кај борците беа со дрипава дреа,\n:со пликови жешки на стапал тешки,\n:и смрштени чела - згасени, мразни\n:ко нивните пушки укочени, празни,\n:и нечујно, глуво, ко здушена реја\n:се точеше шепот од уво до уво:\n:\"Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,\n:а ние сме малку, - сал неколку души...\"\n:И кога ко игла ти прободе уши -\n:ти растресе снага и размолска тага,\n:со лунјени очи широки и волни\n:ги расече в ноќта здивените молнји!\n:Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -\n:в смрзнатата вечер на пролетта рана,\n:кај нашата младост и првата радост\n:ја косеше луто куршумната слана,\n:а ти чело збрчка, ко тигрица рипна\n:и летна во ноќта крвава и црна, -\n:со своите очи што ригаа пламен\n:ги растопи чашкум челичните зрна...\n:И после! И после - в последната вечер...\n:јас нејќам да мислам што потаму стана,\n:прошталниот шепот ти замрзна в усни,\n:ти гореа очи под веѓите густи!\n:Со нивниот пламен и со клетва света,\n:на заседа тргнав сред мојата чета.\n:А утринта кога зрив чела ни спраши\n:ти не беше веќе в редовите наши,\n:но скипеа борци со одмазда жолчна,\n:и видов! о видов - кога бојот почна\n:развихреа сите со твојата сила -\n:ко елени брзи и лесни ко птица.\n:А твоите очи се искреа гневно\n:во нивните потни, распалени лица...\n:Три дена на раце те носевме збрана,\n:со тага и болка во погледот срчен,\n:и секоја капка од твојата рана\n:ко крвава жар ни капеше в срце.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%87%D0%B8", "word_count": 330, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8526", "title": "Партизан се за бој спрема", "text": ":Партизан се за бој спрема,\n:носи пушка на рамо, на рамо.\n:Збогум мајко, збогум татко,\n:Збогум мила сестрице, сестрице.\n:Јас отидов на далеку,\n:на далеку в планина, в планина.\n:Едно утро писмо стигна,\n:мисли мајка син пише, син пише.\n:Во писмото два-три збора:\n:„Син ти, мајко, загина, загина.\n:Тој ни беше верен другар\n:и одличен партизан, партизан.\n:Кога борба се водеше,\n:тој сè напред тргаше, тргаше.“", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD_%D1%81%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D1%98_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8522", "title": "Пуста останала таја контра чета", "text": ":Пуста останала таја контра чета\n:што ми поминала низ Богомила,\n:низ Богомила – за Нежилово,\n:за Нежилово – село партизанско.\n:Таму го фанале Трајка Недески,\n:ми го фанале и го прашале:\n:– Ај кажи, кажи ваши партизани –\n:Мицка Козаров, Стоилка Планински,\n:Стоилка Планински, Апостоле Чолка?\n:– И да ги знајам не ги кажујам,\n:не ги кажујам, клети бре фашисти!\n:Пушка ми пукна тамо Бела Река,\n:тамо Бела Река – Солунска Глава,\n:и ми ја уби млада партизанка,\n:млада партизанка – Рајна Скопјанка.\n:Глава пресекоја – в села ја носеја,\n:в села ја носеја – мајки расплакаја...", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B0", "word_count": 88, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8395", "title": "Павел Шатев за подвигот на Солунските атентатори", "text": "Осврт на за подвигот на :\n– „ Нарушуваме еден завет на великите македонски покојници во Солун и Сахара. Тие се беа заколнале да не оставаат свои портрети, затоа што сакаа да бидат служители на идејата, но не и на славата. Таму, во рушевините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да го збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи го да живее над нивните останки суштествениот македонски дух за слобода и благосостојба и копнежите за светли дни.\nНо, историјата не памети завети… Од моментот кога Орце го запали фитиљот, којшто требаше во лицето на Отоманската банка да го фрли во воздух европскиот капитал, што ги красеше градите на деспотот Хамид – од тој момент имињата на тие скромни безумници се понесоа како симбол на хероизам, на македонската посветеност, одекнаа во сите потајни катчиња на македонската душа, за да по 20 години станат првите светци на македонската револуција… Не само зашто македонскиот идеал, во лицето на солунските атентатори, беше достигнал врвна кулминација, каква што ретко, дури и никако не се сретнува во историјата, но и зашто на 28 април 1903 година во македонската столица Солун се бореа два револуциони система: оној на рускиот анархизам, зачнат на македонска почва, којшто имаше за цел да го помати и разруши европскиот капитализам и Хамидовиот деспотизам, и оној – на Левски, кој по принцип дејствуваше низ бавна револуциона подготовка на народните маси.\nПрвата група е олицетворена во солунските атентати, а втората – во Илинденското востание. И тешко ќе биде за историчарите да определи кое од двете собитија било позначајно, кој од тие два система бил повеличенствен – дали примерот на личната бестрашност, или пак систематската подготовка на масите за револуцијата. И ако последното донесе едно самосознание на македонските маси, коешто веќе ја твори и втората песна на македонската епопеја, првото е оној стимул, којшто го создава македонскиот идол на револуцијата, на когошто веќе му се восхитуваат вековите… Така, солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, којшто ја крои судбината, но и цврстината на наредните поколенија.\nА делото коешто дошло веќе до таа кулминациона точка не може да умре… Зашто, затрупано во рушевините на Банк отоман; тоа воскресна од саможртвата на Орцето во темната солунска ноќ на 29 април 1903 година; тоа светна со неугасливиот оган на Македонија; набиено во месото на Мечето, тоа го надмина и го носи својот одек во духот на поколенијата. По 500-годишни понижувања и скрб, на 28, 29 и 30 април 1903 г., кога Орцето го палеше верижниот фитиљ против европските интереси, кога Кирков и Трчков ја гаснеја светлината на градот Солун, за да блесне факелот на идејата, кога пред Карабурун гореше параходот „Гвадалкивир\", којшто ја изнасуваше ограбената пот на поробениот македонски селанец, кога одекнуваа бомбите на македонските безумници, за избезумување на европските умници – за прв пат македонската пробудена свест го играше својот кошмарен танц над безумниот деспотизам и неговите поддржувачи.\nТоа беше делото на 12-те, коешто денес по 20 години, нè тера восхитено да се обѕрнеме назад. Не звучи ли таа смелост на подвигот, таа моќност на индивидуалитетот, како легенда, којашто е неверојатна, но примамлива, волшебна? \"\n1 Заклучок\nЖивотот е борба, којашто има смисла единствено кога непрекинато се развива и увеличува. Целта на животот, а следователно и смислата на борбата не е ниту во среќата ниту во успехот, а ниту во богатството или во славата. Не, животот на човекот е како едно дејствие, коешто непрекинато се развива и притоа произведува нови дејствија, коишто сè повеќе и повеќе растат и се развиваат. Среќата и успехот и животот се поскоро второстепени резултати. Секоја човечка дејност има смисла и цел, кога произведува друга, посилна и поактивна дејност.\nПрагматизмот во животот на човекот се разликува од утилитаризмот по тоа што принципот за ползата се заменува со непрекинатото дејствување на индивидуата. Непрекинатото дејствување на човекот во животот се единствените средства, коишто го осигуруваат и гарантираат постепеното развитие на индивидуата и општеството. Кога сме во непрекината дејност, акција или труд, резултатите, потврдувачки или одрекувачки, секогаш можат да ни дадат поука и напатствија како поправилно да се стремиме кон постигањето на нашиот идеал во животот.\nЕден човек, каде и да е, секогаш може да се поучи од сè во животот, доволно е само да посака и да е заинтересиран. Секој национален деец, каков и да е, при какви услови и да е поставен, ако општиот интерес секаде и секогаш го поставува над личниот и се воодушевува од идеалот, секаде и секогаш со сè во животот може да е полезен на својот народ. Секој револуционер конспиратор, и покрај сите незгоди, случајности, непријатности, пречки, може да успее само при еден-единствен услов, ако секогаш и насекаде, по каков и да било повод, случај или собитие, е подготвен да стави крај на својот живот, да умре без да се плаши од смртта, којашто не се знае кога и како ќе дојде.\nНе се револверите, пушките, бомбите или огнените машини, тие кои даваат сила во борбата, туку напротив – само идејните побуди, личниот пример, решителноста, смелоста и бестрашноста на револуционерот се оние што на крајот секоја замисла и, секоја борба ја венчава со успех – било по планини и полиња, било по села и градови.\nТоа може да се постигне само кога се има полна свест дека општото добро треба да биде пред сè и над сè наш раководител при нашето беспоштедно служење на татковината.", "subject": ["Историја на македонскиот народ", "Документи за македонската историја и самобитност", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BB_%D0%A8%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B2_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8", "word_count": 869, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8465", "title": "Рајко Жинзифов/ Гусљар в собор", "text": "\"O, грци, грци, чуjте нас,\nчуjте наш народен глас!\nЗнаjме ми, разбираме ми\nзлобна цел, коja криете ви.\nДосега не погрчихте нас,\nзанапред храбро чекаме вас.\nВреме ет дошло, не ет далеч,\nсo остро ли перо, с остр ли меч\nке делим, ке сja караме ми\nвo сегашни дни и вo подирни дни,\nвo широко поле,- вo планина\nза народност и за правина,\nза баштина, за маjчин jaзик...\nОхрид и Трнов веч дали вик.\nМакедониja, чудна страна,\nнема да бидит грчка она!\nШума и гора, и планина,\nсамиj камен на таa страна,\nптица и риба вo Вардар река,\nживо, мртво на свои крака\nке станат и ке дадат ответ\nна цела Европа, на цел свет:\nJa Бугарка сум, Бугарин сум ja,\nбугаре живеaт вo таa страна!\"\nТак сja клнат, гласи вишат\nсложно, дружно старци, момци.\nИ казаха да запишат\nтие думи за потомци.\nА невинните девоjки\nзаиграха си народно,\nнакитени глави сo веjки,\nсo цвеkе полско, домородно.\nИз них една македонка,\nубавица милолика,\nсветлокоса, црноока,\nсо снага строjна, белолика,\nзапеaла,загукала -\n- исто славеj, малка птица,\nзапрусала, заиграла\nкако полска jaребица.\n\"Ja сум млада бугарка,\nиме ми ет Милкана,\nja сум чиста славjaнка,\nв Бугариja родена\nод бугарски род\nи бугарски плод.\nМаjка ми ет бугарка,\nкерка на чист бугарин,\nимам кума бугарка.\nуjко им ет бугарин\nод бугарски род\nи бугарски плод.\nЛjубам ja бугарина,\njyнака ja милувам,\nсвршена за Драгана\nи ке да сja омажам.\nГрк за мене враг\nа бугарин - драг.\nНа моj род ке придадам\nнеколку си синчинja,\nке крстам, ке израстам\nвси чисти славjaнчинja.\nод бугарски род\nи бугарски плод.\nТешко се заклнувам,\nке ги крстам бугарски,\nсо иминja ке назовам\nне грчки, не немaчки.\nГрк за мене враг.\nа бугарин - драг.\nИме нека ет Боjaн.\nЗдраве, Драган ил' Стоян.\nа не грчко Ксенофaн\nили друго - Демофaн.\nЧуждо за чужди род,\nсвое за своj си род-\nПри моja умирачка\nклетва ja ке оставам,\nпри земна ми отлучка\nсину си ке зарачам\nод бугарски род\nда оставит плод.\"\nА млади не молчат и младите пеат\nи нихното сърдце се распламенило, .\nи нихните чувства веке не немеат,\nбугарско слово во нихни мисли оживило.\nИ гледаат они, че безплодна ет нива,\nполна сос троскот, она сос трнjе расла,\nпри диво оранjе, при работа дива\nзрно мртвеaло и сила му гасла.\nИ видеха на дедови им слепенjе\nи нихно страданjе, глупо трпенjе,\nче стари години, златното време\nмина сo сaдни мaки и сo тешко бреме.\nПак сос гуслjaрoт заедно грмогласно\nпеснa запеаха, та песнa последна,\nи руки оддали сложно, согласно\nсja кoлнат сo душа за свобода жедна.\n\"Сo руjно вино домородно\nнек наполним доp три чаши,\nбраkja редом, браkja, сложно\nнек ги земим вo рykи наши.\nСме слoвeни как московци.\nсрби, чехи и полаки,\nцрногорци, ерцеговци\nи хрвати, и бошнаци.\nБракja, веkе дошла доба,\nда испием прва чаша\nне за завист, не за злоба,\nно за братство, дружба наша.\nТреба вера, тврда клетва.\nда сме верни ми до гробoт,\nда сме чисти како жертва.\nкако в маjчина утроба.\nНек испием втора чаша,\nче време ет пак наново\nда загрмaт в землja наша\nматерно ни, живо слово.\nНек сja ширит, сja раздава\nвo Бyгариja горна, долна.\nод Вардарот дур до Дунав,\nдума свободна, народна.\nАjде сега трета чаша\nнек испием ми до капка,\nнрави ни, народност наша\nда не газит нога вражска.\nГологлави! В рykи шапки!\nОбрнете дно на чаши!\nКак шо капат тие капки.\nтак да капнат врази наши!\"", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%93%D1%83%D1%81%D1%99%D0%B0%D1%80_%D0%B2_%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%80", "word_count": 569, "cyrillic": 0.986}
{"id": "8527", "title": "Таму ле мајко близу Битола", "text": ":Таму ле мајко, близу Битола,\n:во ореовската густа корија,\n:Таки Даскалот смело загина\n:со неговата верна дружина,\n:со нив загина смела девојка,\n:млада Елпида Карамандова.\n:Предадени од клети шпиуни,\n:ги сардисаа од сите страни,\n:пушки згрмеа, бомби трештеа,\n:крвава почна борба нерамна.\n:Тогај извика Таки Даскалот\n:на неговата верна дружина:\n:- Фрлајте бомби, тиран сотрете,\n:живи во рака не се давајте.\n:Клети тирани во борба нерамна\n:сета дружина му ја убија,\n:Таки Даскалот жив не се даде,\n:откачи бомба, над неа легна,\n:самиот крвта си ја пролеа,\n:за слободата на Македонија.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D0%BC%D1%83_%D0%BB%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D1%83_%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0", "word_count": 90, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8505", "title": "Стилски фигури", "text": "Стилските фигури,се познати и како изразни средства,авторите ги употребуваат за да постигнат поголема сликовитост,музикалност и емоционалност во творбатаСо нив творбата стилски се обработува и ја прави попривлечна за читателот\n-Епитет(Епитетот граматички гледано, скоро секогаш е стилска фигура, или повеќе придавки придодадени кон именката. Епитетот се употребува за сликовито да се истакне некое својство на предметот. Има повеќе видови на епитети. Генерално тие се делат на живи, неживи или мртви и постојани)\n-анафора(Анафора е фигура на повторувањето, којашто опфаќа повторување на еден збор или израз на почетокот на два или повеќе последователни стиха)\n-епифора(Епифора е гласовна фигура и претставува повторување на зборови на крајот на стихот)\n-ономатопеја(Стилските фигури,познати и како изразни средства,авторите ги користат за да постигнат поголема сликовитост,музикалност и емоционалност во творбата.\nОноматопеја (од грчките зборови:onoma-име и poneo-прави,создава) е стилско изразно средство со кое се поддржуваат одредени звуци од природата,животински гласови или некои звуци што не потсетуваат на некој предмет.Ономатопејата значи имитирање.На овој начин се создава емоционална атмосфера преку која читателот ќе може да долови одредени звуци од природата.\nОноматопејата е мост(врска)меѓу природата и уметничкото дело.Со неа се постигнуваат музикалноста и сликовитоста на јазикот на кој е создадена творбата)\n-метафора(Метафората е скратена споредба. Кај неа не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата. Метафора може да биде и замена на значењето на еден збор со значењето на друг)\n-алегорија(Алегоријата е продолжена метафора, односно употреба на зборовите во преносна смисла. Алегоријата може да биде во состав на еден стих или строфа, но многу често таа се среќава и во цели состави како што се басните. Басните се засновани на алегорија, животните во нив настапуваат како типови луѓе со одредени карактеристики)\n-симбол(Симбол е знак. Предметот, појавата или поимот ги заменуваме со нивната алегориска ознака. На пр.: крст – значи црква; вага – правдина итн)\n-песонификација(Песонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини)\n-хипербола(Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден емоционален став)\n-парадокс(Парадокс е она што е неочекувано. Порекнуваме некоја мисла која наизглед во себе е противречна или спротивна на општото мислење. Парадоксот има секогаш подлабока смисла)\n-иронија(Иронија е преправање, всушност го мислиме спротивното од она што го кажуваме)\n-литота(Литота е спротивна на хиперболата, односно претставува ублажување. Вистинскиот израз се заменува со поблаг и тоа негативен и спротивен)\n---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------веб-сајт за македонски јазик\n---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------\nизравотил\nБојан Велјаноски---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%84%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D0%B8", "word_count": 417, "cyrillic": 0.995}
{"id": "8529", "title": "Во борба, македонски народе!", "text": ":Со векови окованa во пранги,\n:од ропство пишти Македонија,\n:појќе не трпиме бесчесни лаги,\n:во бој последен борци влегоа!\n:Во борба, во борба, во борба,\n:македонски народе.\n:За света народна слобода\n:со песни и радост се мрее!\n:Излеговме ние смели партизани,\n:над нас на Гоце знамето се вее,\n:во гори, полја и на сите страни,\n:фашистичка крв насекаде се лее.\n:Синови сме на нашата татковина,\n:на илинденските наследници,\n:строиме живот, слобода, иднина,\n:за, жени, деца, старци, младинци.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0%2C_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%21", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8501", "title": "Никодин Чернодримски", "text": "Кратка Биографија\nНикодин Чернодримски-(Трајче Јованчески )\nСјајот на ѕвездата под која сум роден повеќе не трепери така силно во оваа мирна и тивка ноќ,сега само невидливите очи на судбината ме гледаат од далечините,бдееќе над секој миг нероден,но ете Јас низ моите сеќавања се прашувам,каде ли отидоа во таа Светлосна Река сите минати животи,знам некој ќе рече..размислуваш за утопијата наречена Вечен Живот..не..ќе ви кажам..низ сите минати денови,месеци,години само ја раскажував најубавата Балада за Бесмртната Душа, таа вистина која ме оплеменуваше,и ми подарува сила се до физичката смрт.\nНапати кога одмолчував,моите соништа градеа мостови помеѓу сите желби и можности,одев,трагав,скитав,честопати на патеките каде што несмеев,и во тоа забрането,обичното го претворав во необично.\nПа така\nДодека се менуваа Еоните,го гледав мојот втиснат лик како се менува,менуваќи се ликот,се создаваа Напишаните Дела,тие Небесни Симфонии кои ми ги подари мојата Муза.Муза,која ме натера да ги поминам границите кои не им беа дозволени на смртниците.\nЗнам дека суптилно ме провлече и низ круговите на Данте,и ме натера да тагувам заедно со дождот на прагот каде што Јавето доаѓаше.\nНапати бев принуден да ги купувам деновите,за да ја смирам разбрануваната тишина,тишина која се распрснуваше во секоја утринска пурпурност,и тогаш крадев од небото ситни златни зраци,ги пружав исто како дете дланките,и на секој заскитан облак го пишував нејзиното име,Музата,која ме Воздигна,но и ме турна во сите Бездни.\nАко некому му значат бројките тогаш 1964 е годината кога светлината се роди во моето срце,и блескаше се до последниот миг,некаде под Величенствената Маркова Грамада ,каде и сега во спокој под заштита на Месечината спие градот Прилеп.\nВерувајтеми,несакам да бидам споменик на младоста,ја немам веќе мојата Муза Јана ,и храброста да отидам на нејзината хумка,но сепак припаѓаме на Бесконечноста,и таму во тие Бескрајни пространства ќе бидаме прегрнати со Антеријата на Љубовта.\nА вам,вам,ви ги оставам сите напишани зборови,читајќи ги знам,ќе ги допрете сите невидливи светови,влегуваќи несвесно во вретеното на времето.\nСтихозбирки\n1.Арнаутска Жетва-2.Астра-3.Балканска Рапсодија-4.Бездомност-5.Ден Без Виделина,ноќ без Месечина-6.Дневникот на Еден Сонувач-7.Изгубени Мигови-8.Јавето Ако Некогаш Апстинира-9.Кај Си бе Другар-10.Како Станав Лита Сенка-11.Крилати Сни-12.Македонија и Сонцето-13.Мисловен Дневник-14.Мој Роде-15.Мозаик Од Мигови-16.Мртви Сенки на Мртва Стража-17.На Спилите им раскажувам-18.Носталгични Ноќи-19.Од Небиднина крај Јавето дојдов-20.Огнени Виори-21.Ова не е Мојот Лик-22.Пагански Стихови-23.Пелин вода-24.По Патеките на Орфеј.25.Прилепски Ехо-26.Шепотот на Скриениот Дамар-27.Скрбот како Утеха-28.Трагач по Илузии-29.Успони и Падови-30.Во Метежот на Чуствата-31.Заборавени Спомени-32.Мртов Бунтовник-33.Спомени Собрани во Ковчег-34.Големиот Летач-35.Апокалипсата на Мртвото Време-36.Добредојде во Мојот Свет-37.Месечеви Сонети-37.Мислите на Еден Ерегор-38.Смарагдни Записи-39.Осамени Монолози-40.Во Пукнатините на Времето-41.Скрбот како Утеха-42.Ликот на Болката-43.Еретик.44.Последните седум дена на Љубовта.45.Моите Проштални Шепоти.46.Копиле на Судбината 47.Помеѓу Тишината и Животот.48.Оставетеме барем да Сонувам.49.Кукла на Судбината 50.Фенерите на Мојата Душа\nПоеми\n1.Ангелски Шепотења(напишана заедно со Даница Петровска-Дани од Куманово и Славица Славкова од Битола) 2.Браќа по Мрак-3.Десете Балкански Проклетства-4.Катадневно Тркало-5.Монолог со Паметникот-6.Ново Утро-7.Паганска Ода.8.Катакомбите на Ужасот 9.Пад Без крај\nДрами\n1.и сега Шо-2.Нова Кожа.\nРомани\n1.Последна Молитва-2.Пред Портите на Љубовта-3.Затворија Пандорината Кутија-4.Кара Севда-5.Злокобна Вистина-6.Кафез-7.Приказни кои нетребало никогаш да бидат раскажани-8.Парче Душа-9.Ти Благодарам Месечино-10.Тајната на Нормандови-11.Првиот Ангел.\nМонодрами\n1.Ало Диоген на Линија.\nНовела\n1.Кога Животот беше Приказна.2.Ноќта кога започна се\nЗбирки Раскази\n1.Бразда-2.Неизвесни Патеки-3.Номад во Душата-4.Од Сонот до Јавето-5.Приказни од Малиот Сокак-6.Затворени Кругови-7.Молскавични Мигови-8.Шепотот на Вечноста-9.Битпазарска Хроника-10.Прошетка по Соништата.11.Грутка Земја\nАвтобиографија\n1.Апостолите на Ѓаволот.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD_%D0%A7%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 722, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8530", "title": "Голем мерак имам мамо", "text": ":Голем мерак имам мамо,\n:партизан да одам,\n:партизан да одам мамо,\n:на Вичо планина.\n:Тамо ќе си најдам, мамо,\n:мојте верни браќа,\n:мојте верни браќа мамо,\n:мојте верни сестри.\n:Јаска ќе се борам мамо,\n:за Македонија,\n:за Македонија, мамо,\n:земја измачена,\n:земја измачена мамо,\n:од клети фашисти.\n:Прва пушка пукна мамо,\n:мене ме погоди,\n:мене ме погоди мамо,\n:на левата страна,\n:на левата страна мамо,\n:близу до срцето.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC_%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BA_%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC_%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE", "word_count": 68, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8532", "title": "Песна за бабата Митра", "text": ":Таму крај Вардар, неготинско поле,\n:бој се започна, бој нерамен,\n:Германци бегаат, возови палат,\n:пламен се дига дури до небо.\n:Во манастирот Свети Ѓорѓија,\n:ги затвориле партизаните\n:и така нешто на германски јазик,\n:тие збореја да ги запалат.\n:Тоа го слушна бабата Митра\n:и скришум пошла кај партизаните,\n:порти отворила со двете крила:\n:- Бегајте пилци в' гора зелена.\n:Клетите фашисти бензин фрлија\n:и зрно кибрит на старата,\n:пламен се дига, баба Митра гори,\n:на место дваесет партизани.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B0", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8548", "title": "Народе македонски", "text": "Песната \"Народе Македонски\" е создадена во спомен на масактрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени се над 200 загоричани, а селото е уништено.Аудио верзија од песната ,,Народе Македонски``\n1 Текст\nНароде македонски,\nсо какви идеи си ти?\nДоста веќе, разбуди се,\nсвести се, не спи ти!\nНе знаеш кој си, што си\n- други тебе знаат.\nСтрам голем е за тебе\nсам да се не знаеш.\nИсклаја жени, деца,\nво село Загоричани.\nА, пред аскерот турски\nфрл'ајте оружјето.\nОпинци долги носат,\nпискули големи\n,\nфустани раскапани\nем празни патрони.\nКаде е Караиванов\nи дружината му?\n- Мелас Каравангелис,\nв Битола в затвор е тој.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 117, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8533", "title": "Хитлер вика од Берлина", "text": ":Хитлер вика од Берлина:\n:- Предајте се партизани,\n:млади моми партизанки!\n:Моја сила крај си нема,\n:имам штуки и тенкови,\n:бомбардери и топови,\n:ќе изгорам ваша земја,\n:ваша земја - македонска!\n:Предајте се, да ви простам!\n:Штом ги дочул тие зборој\n:студент Славко Лумбарков,\n:млад комесар од Битола,\n:на Хитлера му порача\n:од кичевски планини:\n:- Запомни ѕверу германски,\n:како мина при Сталинград,\n:така ќе минеш и в Берлин!\n:Каде си слушнал и видел,\n:партизан да се предава?!\n:Напред, другари, во борба!", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%B8%D1%82%D0%BB%D0%B5%D1%80_%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BE%D0%B4_%D0%91%D0%B5%D1%80%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8531", "title": "Не плачете стари мајки", "text": ":Не плачете стари мајки\n:доста е живот,\n:не трпиме клети тиран,\n:нас да нè мачи.\n:Спомнете ги браќа мили\n:наш'те другари:\n:Гоце Делчев, Питу Гулев,\n:Јане Сандански.\n:Сите тие за слобода\n:гордо паднаја,\n:сега требе сите ние\n:по нив да одиме.\n:Сите што се партизани\n:смели се борци,\n:ним не им е жал да умрат\n:в' бој за слобода.\n:По затвори и темници\n:млади з'гинаја,\n:ќе изградат живот в' мила,\n:живот в' слободна.\n:Излегоја партизани\n:горе в' планина,\n:да се борат за слобода\n:и за правдина.\n:Македонските синови\n:сегде се напред,\n:по планини, по полиња\n:и по градови.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B8", "word_count": 100, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8534", "title": "Од Софија жален глас се слуша", "text": ":Од Софија жален глас се слуша,\n:секој ден редат бесила,\n:на бесила висат млади борци,\n:борци, одбор Македонци.\n:Едно утро тиран се извика:\n:- Ред е на Васил Антевски!\n:Бесилката му ја покажаа,\n:за желба го запрашава:\n:- Кажи, Васил, каква желба имаш\n:и кажи зошто се бориш?\n:Желба моја е Македонија,\n:земја да стане слободна.\n:Доста веќе она робуеше,\n:од секој маки тегнеше.\n:Старо, младо, сите се бориме\n:и ќе се ослободиме!\n:Кога разбра село Оморани,\n:старо и младо зажали,\n:еден на друг они расправаа\n:и сите на ред плакаа:\n:- Од малечок за нас се бореше\n:и за нас Васил загина!\n:Ој тирани, многу го мачевте,\n:од прсти му нокти вадевте,\n:далеку го вија однесовте\n:и таму го обесивте.\n:Да знаете, абер ви праќаме,\n:за Васил крв ќе вратиме!", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4_%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD_%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81_%D1%81%D0%B5_%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0", "word_count": 128, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8607", "title": "Решение за организација поверенства при Президиумот на АСНОМ и именување на нивните раководители", "text": "Р Е Ш Е Н И Е\nЗА ОРГАНИЗАЦИЈА ПОВЕРСТВА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ И ИМЕНУВАЊЕ НА НИВНИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ\nЧлен 1\nНа основата на 10 чл. на решението на АСНОМ, ст. 2, од 2 август 1944, како врховно законодателно и исполнително тело во Македонија, Президиумот на АСНОМ ги создава следните поверенстш и именува нивните раководители:\n1. Повереник за информацији — Панко Брашнаров,\n2. Повереник за внатрешни работи — Киро Петрушев,\n3. Повереник за просвета — проф. Епаминонда Поп-Андонов,\n4. Повереник за народно стопанство и обнова — инж. Лазар Соколов,\n5. Повереник за финансии — Богоја Фотев,\n6. Повереник за соопштенија и градежи — Страхил Гигов,\n7. Повереник за социјална политика — Ацо Петровски,\n8. Повереник за судство — Петар Пирузе.\nЧлен 2\nОва решение влегува во сила со денот на објавувањето.\nВо с. Рамно\n6 август 1944 год.\nЗА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ\nСекретар,\nВл. Полежина, с. р.\nПретседател,\nМетодија Андонов-Ченто, с. р.", "subject": ["Документи за македонската историја и самобитност", "Македонија во Втората светска војна"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B8_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%D0%B8_%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8", "word_count": 146, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8596", "title": "Марш на Првата македонска ударна бригада", "text": ":Еј, ние сме првата македонска бригада!\n:Друже Тито, в Македонија\n:Крвав бој поведовме.\n:И под твојто славно знаме\n:Жар и челик станавме.\n:Еј, ние сме првата македонска бригада!\n:Ечи Локов, ечи гора,\n:Ечат полја, долини,\n:Тиран свива гнасна глава\n:Пред нашите херои.\n:Ропски пранги кинеме\n:Зора греј над новиот строј,\n:Борба кога паѓаме\n:Тито твојот лик ни стој.\n:Ропски пранги кинеме...\n:Еј, ние сме првата македонска бригада!\n:Глас се чуе од гробојте\n:Глас на страшни освети:\n:„Крвта наша, крвта мила\n:Со крв да се отплати“.\n:Ропски пранги кинеме ...\n:Еј, ние сме првата македонска бригада!\n:Друже Тито, в Македонија\n:Крвав бој поведовме.\n:И под твојто славно знаме\n:Жар и челик станавме.\n:Ропски пранги кинеме...\nТекст и композиција: Владо Малески", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D1%88_%D0%BD%D0%B0_%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 118, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8324", "title": "Рајко Жинзифов/ Безсоница", "text": "1 Безсоница\nЛето... Полношт... Сегде тихо, глухо сегде,\nЉуди спокојно си спат.\nУ един несреќен само, далеч негде\nСиви му очи ток бдат.\nВо висока к’шта, во широка стаја,\nД’лга, пред’лга, је сам,\nОпколен с книги от краја до краја,\nШетат и мислит он там.\nСон не го хваштат и в безсоница тешка\nСтаја си мерит сос крака,\nС срце оскрбно, с душа наљутена, жешка...\nМазнит си чело сос р’ка.\nНа полици книги во преврска златна\nРедом наредени стојат,\nКниги с хилјадници на душа му матна\nЖл’чка му кревајат и јад.\nЈад го је, јад го је, п’лн сос мисли диви,\nТесен за него овој свет;\nСички книги, науки нему сет криви;\nСвој век он наричат проклет.\nОн си прок’лнуват онаја година,\nВ која он сја је родил,\nШто сичко пропадна, што сичко загина,\nТова, кое он је љубил.\nИ дека пропаднаха мисли му мили?\nИли сја изм’чил без сон,\nТа му крв заврела в млади му жили?\nЛуда си дума казал он:\nШто ви направихте, книги многобројни?\nВи каков донесохте плод?\nУсмалихте ли вие м’ки безбројни\nНа горкијт тој ми народ?\nСлушајте книги, кон вас сја обрштам,\nЧујте мојт т’жен расказ,\nШто мене натера, та как ја сја мрштам\nИ ненавиждам ја так вас.\nОвдешен не сум; ја сја родих далеко,\nВо јужна и топла страна,\nМене отхрани после мајчино млеко\nВардарска бистра вода.\nРастех ја, растех како китка в полјана,\nЗлоба никаква немах ја,\nМајка ме галеше радостна, засмена,\nЗа ништо не сја грижех ја.\nО, зашто не забравам млади години,\nДетинство, најхарниј дар,\nКичести полета, зелени градини,\nМладиј сос овци овчар!\nСенки дебели, ви сенки, липови сенки,\nВардарскиј брег с трева покрит,\nВити врби, тополи високи, тенки,\nНа долини чудесен вид!\nСос вас ја поминах нај-харна си доба,\nВи влехте в мене тишина,\nИсто как ви, ја бех невинен, без злоба,\nТој свет бе ми хубавина.\nНа утро ли, кога славеј, малка птица,\nВ шипец, в гл’бока зора\nПеит и светит на небето зорница\nИ трева обливат роса;\nИ тихијт ветер малдите листја нишат\nСлабо, а Вардар си шуми;\nЈагнета руди сја разбудват и дишат\nС прохлада, а млади моми,\nСон ги оставил, р’кави засучили\nИ сос две стомни во р’це\nБрзат кон студен извор безгрешни, мили,\nСи омиват бело лице.\nПомнам, как мојата безгрешна сестрица,\nВита, висока мома,\nСивоока, русокоса хубавица\nОт вода сја врштат дома.\nПа во градина право, взимат си лејка,\nКитки поливат сама,\nЧистит ги, плевит ги, босиљкова вејка\nНакитуват млада глава.\nС пресна вода она изреди ги сички,\nПојде подалеко там,\nГде мод зелен, расцвелиј шипец, две птички,\nПрусаха си тука-там,\nОт гранка на гранка подлетваха пеејќи,\nКорен она навади\nИ с усмихнато лице скина две вејќи\nШипови, па тргна, сја скри.\nПа радосно припкат кон мене, сја смеит.\nЧудна у неја хубавина!\n-Батенце, бате - казват - гледат как греит\nСл’нце с небесна светлина?\nБате, днеска празник, света недеља,\nРадостен, златен ден за нас!\nЈа за тебе празднична зготвих промена,\nХоро ни чекат обата нас.\nЕво две китки, китки младо-зелени:\nБосиљок, шипец наедно,\nТебе за на појас една, друга мене\nЗа на глава, и заедно\nПосле ручек на наше гумно широко,\nНа собор ќе појдиме ми.\nТам ја ќе видам либе си чрнооко,\nМила ти, вита Цвета ти. - Златна сестрицо, казвам,\nкитка ти зимам,\nВ к’шти отивај сега,\nРучек ти сготви, а ја в црква отивам.\nОт радост лице ѝ пламти.\nТргна она а ја сос очи с’лзливи\nКон неја погледнах там,\nБратскиј пожелах ѝ дни светли, не диви.\nИ ојдох в божји храм.\nПрвите сл’нчеви зраци позлатиха\nГ’сти, високи планини,\nДрвјата разц’внати земја покриха\nС п’пки развиени свои.\nВ гранки им г’столики птици седеха,\nИздавајќи радостен глас;\nБога ли славеха ил те веселеха\nСвет божиј в тој раниј час?\nНе знам... Но ја с душа детинска минувах\nПрез нашиј црковен праг\nИ сос п’лна вера светци ја целувах,\nНемаше за мене мрак.\nСтаваше весело на душа ми и беше\nЛесно и мило в божиј храм,\nМој дух бе смирен и тих, не се злеше;\nЗашто? - не знам и ја сам,\nА сега, о книги, не често отивам\nВ црква, не тврд је мој дух,\nМатна је моја молитва и често ја бивам\nДо светоста нем и глух.\nНекакво с’мнение над мене владеит,\nНекаква страшна пустота,\nМисли нападват диви, душа ми немеит\nИ не верват в доброта.\nДух ли лош по мене следват ил испитват\nРазум’т, што сичко је зло?\nИли мојт живот је безплодна битва,\nПуста, без никакво добро?...\nПа кога там на вечер сл’нце сја скриват,\nЗад та г’ста планина,\nА из зад гора месечина испливат\nпо ведро ми небо, она\nС јасен свет осребруват класи на жито,\nСветит на жетварки в п’т.\nРед от жетварки, пеејќи гласовито,\nПо зелено поле идат.\nСмирно, нога го нога, рамо до рамо\nСрп у них за појас свети.\nМлади... кој ги је видел, тој знаит само,\nНему душа ќе запламти.\nКлета ви судбина, б’лгарки млади,\nХубост каква је у вас!\nВсека ви стапка, поглед, п’лни ви гради,\nМедниј и силен ваш глас!\nВредниј сет за бесплатна свобода п’лна,\nБез да сја лиет капка крв!...\nВили, дајте ми сили ја да прок’лнам\nТој европејскиј чрв!...\nБ’лгарска песња ти многогласовита,\nСрце ми как раздираш ти!\nЖална, ухилна и тажноречовита,\nТи дар самовилскиј си!...\nКак да забравам то, за кое болејам,\nКое поддржават мој живот?\nЗа кое ја страдам, пред кое ја немејам:\nГоркијт мој народ?...\nПоскоро клета моја душо, залудеј,\nИли из снага ми вон летни\nИ там вон ти окамени сја ил онемеј,\nТа да не гледаш чрни дни!\nЧрни дни! Но за них в друго ја време\nЌе раскажам, сичко по ред,\nА сега нека заспијат под општо бреме\nИ перо, и ум ми клет!...", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE_%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/_%D0%91%D0%B5%D0%B7%D1%81%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0", "word_count": 976, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8664", "title": "Тихо Мирка си заспала", "text": "Тихо Мирка си заспала\nво Почепските планини,\nво Почепските планини,\nтаму долу во ливади.\nНасред ноќи пристигнале,\nвтора чета комесари,\nгласот Мирка им го слушна,\nодма Мирка се разбуди.\nВо зората пристигнале\nклети шпиони фашисти,\nместото го заградија,\nжива Мирка фатија.\nЖива Мирка ја фатија,\nво град Воден ја носија,\nтешко Мирка ја мачија,\nжива во гроб ставија.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B8%D1%85%D0%BE_%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%B8_%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0", "word_count": 58, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8546", "title": "Рамковен договор", "text": "Точките во наредниов текст даваат усогласена рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и Евро-атлантската заедница. Овој Рамковен договор ќе го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество, истовремено почитувајќи го етничкиот идентитет и интересите на сите македонски граѓани.\n1 1. Основни принципи\n1.1. Целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија.\n1.2. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања.\n1.3. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот.\n1.4. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат.\n1.5. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците.\n2 2. Прекин на непријателствата\n2.1. Страните го истакнуваат значењето на заложбите од 5 јули 2001 година. Ќе има целосен прекин на непријателствата, целосно доброволно разоружување на етничките албански вооружени групи, и нивно целосно доброволно распуштање. Тие го прифаќаат фактот дека за донесување Одлука од страна на НАТО да помогне во овој контекст, ќе биде потребно воспоставување општ, безусловен и неограничен прекин на огнот, согласност за политичко решение за проблемите на оваа земја, јасна заложба на вооружените групи доброволно да се разоружаат, и прифаќање од сите договорни страни на условите и ограничувањата во рамките на кои ќе делуваат силите на НАТО.\n3 3. Развој на децентрализирана власт\n3.1. Ќе биде усвоен ревидиран Закон за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници, и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот (како што е измените во согласност со Анекс А) и Европската повелба за локална самоуправа, при што ќе се одрази принципот на вертикална организираност кој што во моментов важи во Европската\nунија. Зголемените надлежности пред се ќе се однесуваат на областите на јавните услуги, урбаното и руралното планирање, заштитата на\nживотната средина, локалниот економски развој, културата, локалните финансии, образованието, социјалната заштита и здравствената заштита. Ќе се усвои Закон за финансирање на локалната самоуправа за да се обезбеди соодветен систем на финансирање, за на локалните власти да им се овозможи да ги исполнуваат сите свои надлежности.\n3.2. Во рок од една година по завршувањето на новиот попис, кој под меѓународен надзор ќе биде спроведен до крајот на 2001 година, ќе бидат ревидирани општинските граници. Ревизијата на општинските граници ќе биде спроведена од страна на локалните и националните власти, со меѓународно учество.\n3.3. Со цел да се обезбеди дека полицијата е свесна за и одговора на потребите и интересите на локалното население, локалните началници на полицијата ќе ги избираат советите на општините од листи на кандидати предложени од страна на Министерството за внатрешни работи и истите редовно ќе комуницираат со советите. Министерството за внатрешни работи ќе го задржи овластувањето за разрешување на локалните началници на полицијата во согласност со законот.\n4 4. Недискриминација и правична застапеност\n4.1. Целосно ќе се почитува принципот на недискриминација и рамноправен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија, како и кај пристапот до јавното финансирање за равојот на деловните активности.\n4.2. Во законите со кои се регулираат вработувањата во јавната администрација, ќе бидат содржани мерки со кои ќе се обезбеди правична застапеност на заедниците во сите централни и локални јавни тела и на сите нивоа на вработување во тие тела, истовремено почитувајќи ги правилата за компетентност и интегритет според кој се раководи јавната администрација. Властите ќе преземат активности за да ја корегираат постоечката неврамнотеженост во составот на јавната администрација, особено преку вработување припадници на заедниците со недоволна застапеност. Особено внимание ќе се посвети на тоа да се обезбеди, колку е можно побрзо, полициските служби генерално да го одразат составот и распределбата на населението во Македонија, како што е специфицирано во Анекс Ц.\n4.3 За Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избира од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број пратеници, која ќе содржи мнозинство од вкупниот број пратеници кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија. Оваа постапка ќе се применува и при изборот на Народниот правобранител и на тројца членови на Судскиот совет.\n5 5. Посебни собраниски процедури\n5.1. На централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа, нема да можат да се усвојат без квалификувано мнозинство на\nдве третини од гласовите, во рамките на што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.\n5.2. За донесување на законите кои директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и на законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници, ќе мора да постои мнозинство од гласови, во рамките на што ќе мора да има мнозинство од гласови на пратениците кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.\n6 6. Образование и употреба на јазиците\n6.1. Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците, а истовремено во цела Македонија ќе се применуваат унифицирани стандарди за академските програми.\n6.2. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Македонија, а врз основа на посебни спогодби.\n6.3. При уписот на државните универзитети на нови студенти, кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинско население во Македонија, ќе се применува принципот на позитивна дискриминација се додека уписот правично не го одрази составот на населението во Македонија.\n6.4. Низ цела Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик.\n6.5. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така, е службен јазик, како што е овде образложено. Во органите на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот може да се употребува во согласност со законот, како што понатаму е елаборирано во Анекс Б. Кое било лице што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со регионалната канцеларија\nна централната влада, надлежна за таа општина; таквата канцеларија, ќе одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. Кое било лице може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со главна кацеларија на централната влада, кој ќе му одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот.\n6.6. Во однос на локалната самоуправа, во општините каде одредена заедница сочинува најмалку 20% од населението на општината, јазикот на таа заедница ќе се употребува како службен јазик, дополнително на македонскиот. Во однос на јазиците на кои зборуваат помалку од 20% од населението во општината, локалните власти демократски ќе одлучат за нивна употреба во јавните тела.\n6.7. Во кривични и граѓански судски постапки на кое било ниво, обвинетото лице или која било страна ќе има право на превод на\nдржавен трошок на сите постапки, како и на документи во согласност со соодветни документи на Советот на Европа.\n6.8. Кои било лични документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, исто така, ќе бидат издадени на тој\nјазик, дополнително на македонскиот јазик, во согласност со законот.\n7 7. Изразување на идентиетот\n7.1. Во однос на симболите, непосредно до симболот на Република Македонија, локалните власти ќе ја имаат слободата на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата која што е во мнозинство во општината, со почитување на меѓународните правила и примени.\n8 8. Имплементација\n8.1. Уставните амандмани приложени во Анекс А, веднаш ќе бидат презентирани пред Собранието. Страните ќе ги преземаат сите мерки за да го\nобезбедат усвојувањето на овие амандмани во период од 45 дена по потпишувањето на овој Рамковен договор.\n8.2. Усвојувањето на измените во законодавството утврдени во Анекс Б ќе биде во согласност со динамиката таму специфицирана.\n8.3. Страните ја покануваат меѓународната заедница, што е можно поскоро да свика донаторска конференција, на која особено ќе се\nразговара за макро-финансиската помош; поддршката за финансирање на мерките кои ќе се преземаат за потребата на имплементирање\nна овој Рамковен договор, вклучувајќи ги и мерките за зајакнување на локалната самоуправа; и ревитализација и обнова во подрачјата погодени од борбите.\n9 9. Анекси\nСледниве анекси се составен дел од овој Рамковен договор.\n:А. Уставни амандмани\n:Б. Измени во законодавството\n:Ц. Имплементација и мерки за градење доверба\n10 10. Завршни одредби\n10.1. Овој Договор стапува на сила со негово потпишување.\n10.2. Верзијата на англиски јазик на овој Договор е единствената автентична верзија.\n10.3. Овој Договор се водеше под покровителство на претседателот Борис Трајковски.\nПотпишан во Скопје, Македонија, на 13. август 2001 на англиски јазик.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%BC%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80", "word_count": 1541, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8663", "title": "Што убаво носат партизаните", "text": ":Што убаво носат партизаните\n:што убаво носат, мале, партизаните\n:На главата носат убај капчиња\n:на капчиња пише, мале, ај, да се борат\n:Да се борат, мале, со фашистите\n:со фашисти, мила мале, ај, со балисти\n:На рамо си носат шмајзерите\n:па си отидоа, мале, ај, по шумите\n:Водач им беше, мале, маршал Тито\n:водач им беше, мале, ај, маршал Тито\n:Он ги даваше, мале, наредбите\n:да соборат, мила мале, ај, возовите\n:да соборат, мила мале, ај, мостовите.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE_%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE_%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B0%D1%82_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 77, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7662", "title": "Јоел (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Збор од ГОСПОД што дојде до Јоел, син на Петуел.\n1 Рој од скакулци\n:<sup>2</sup>Чујте го ова старци,\n:слушнете сите вие жители на земјата!\n:Се случило ли ова во вашите денови,\n:или пак во деновите на вашите предци?\n:<sup>3</sup>За ова на децата ваши да кажувате!\n:И децата ваши на нивните деца,\n:и децата нивни на следното поколение!\n:<sup>4</sup>Тоа што остана од ројот скакулци\n:го изеде големиот скакулец,\n:тоа што остана од големиот скакулец\n:го изеде младиот скакулец,\n:тоа пак што остана од младиот скакулец\n:го изеде скачката.\n:<sup>5</sup>Разбудете се пијаници и плачете,\n:лелекајте сите вие што пиете вино,\n:зашто младото вино ви беше грабнато од пред уста.\n:<sup>6</sup>Ете народ навлезе во земјата моја,\n:моќен и безброен.\n:Забите му се како заби на лав,\n:вилици од лавица има.\n:<sup>7</sup>Лозјето ми го опустоши.\n:Смоквата ми ја искрши,\n:ја соголи, ја излупи и ја фрли.\n:Бели останаа гранките нејзини.\n:<sup>8</sup>Плачи како девица облечена во вреќиште,\n:за мажот на својата младост!\n:<sup>9</sup>Секна житниот принос\n:и приносот во пијалок од домот ГОСПОДОВ.\n:Тагуваат свештениците, служителите ГОСПОДОВИ.\n:<sup>10</sup>Запусте полето,\n:се исуши земјата.\n:Ете уништено е житото,\n:пресуши младото вино,\n:потфрли приносот на маслото.\n:<sup>11</sup>Тагувајте земјоделци,\n:лелекајте лозари за пченицата и јачменот,\n:зашто уништена е жетвата по полето!\n:<sup>12</sup>Се исуши лозата, смоквата овена.\n:Калинката, палмата и јаболкницата\n:- сите дрвја во полето се исушија.\n:Сосема исчезна радоста од синовите човечки.\n2 Повик за покајание\n:<sup>13</sup>Облечете вреќишта и тагувајте свештеници,\n:плачете вие служители пред жртвеникот!\n:Дојдете, ноќевајте во вреќишта служители на мојот Бог,\n:зашто секна житниот принос\n:и приносот во пијалок од домот на вашиот Бог!\n:<sup>14</sup>Прогласете свет пост,\n:свикајте свечено собрание,\n:повикајте ги старците,\n:сите жители на земјата во домот на ГОСПОД, вашиот Бог,\n:и извикнете кон ГОСПОД!\n:<sup>15</sup>Тешко мене за тој ден!\n:Близу е денот ГОСПОДОВ,\n:и како уништување од Семоќниот ќе дојде.\n:<sup>16</sup>Не секна ли пред наши очи храната?\n:Не исчезнаа ли радоста и среќата од домот на нашиот Бог?\n:<sup>17</sup>Се смежурија семките под грутките земја.\n:Во урнатини се амбарите.\n:Житниците се разурнати, зашто житото се исуши.\n:<sup>18</sup>Ах, како стенка добитокот.\n:Талкаат наоколу стадата стока,\n:зашто за нив пасиште нема.\n:Дури и стадата овци страдаат.\n:<sup>19</sup>Кон Тебе ГОСПОДИ повикувам,\n:зашто оган ги проголта пасиштата во полето,\n:и пламен ги изгоре сите дрвја по полето.\n:<sup>20</sup>Дури и дивите животни стенкаат кон Тебе,\n:затоа што пресушија потоците\n:и оган ги проголта пасиштата во полето.\n= Глава 2 =\n3 Војска од скакулци\n:<sup>1</sup>Затрубете во Сион!\n:Дигнете тревога на Мојот свет рид!\n:Нека треперат сите жители на земјата,\n:зашто иде денот ГОСПОДОВ,\n:ете го на дофат!\n:<sup>2</sup>Ден на мрак и темнина,\n:ден на облаци и црнила.\n:Како зора се распостила по планините војска голема и моќна,\n:каква што не била никогаш уште од старо време\n:и нема никогаш повеќе да биде - поколенија и поколенија.\n:<sup>3</sup>Пред неа оган голта,\n:зад неа пламен пали.\n:Како Еденската градина е земјата пред неа\n:- зад неа гола пустина.\n:Ништо од нив спас не наоѓа.\n:<sup>4</sup>На изглед како коњи,\n:јурат како коњица.\n:<sup>5</sup>Со тропот како од бојни коли\n:преку планинските врвови прескокнуваат,\n:со бучава како од пламен кој проголтува стрниште\n:- војска моќна построена за бој.\n:<sup>6</sup>Пред нив мака ги фаќа народите,\n:пребледнува секое лице.\n:<sup>7</sup>Напаѓаат како борци.\n:Како војници ги искачуваат ѕидините.\n:Секој во својата редица гази,\n:не скршнувајќи од правецот.\n:<sup>8</sup>Не се туркаат еден со друг\n:- секој право по својот пат гази.\n:Продираат низ одбраната,\n:не нарушувајќи ги своите редови.\n:<sup>9</sup>Нагрнуваат на градот,\n:трчаат по ѕидините,\n:се качуваат по куќите,\n:преку прозорците влегуваат како крадци.\n:<sup>10</sup>Пред нив земјата се тресе,\n:небесата треперат,\n:сонцето и месечината потемнуваат,\n:ѕвездите губат сјај.\n:<sup>11</sup>ГОСПОД грми на чело на војската Негова.\n:Огромна е силата Негова.\n:Моќен е оној кој се потчинува на Неговата наредба.\n:Голем е денот ГОСПОДОВ и многу страшен.\n:Кој ќе може да го издржи?!\n4 Раскинете го своето срце\n:<sup>12</sup><Па дури и сега“ - вели ГОСПОД\n:- „вратете се кај Мене,\n:со сето свое срце,\n:со пост, со плач и со жалење.“\n:<sup>13</sup>Раскинете ги вашите срца,\n:а не вашите наметки\n:и вратете се кај ГОСПОД, вашиот Бог,\n:зашто Тој е милостив и сочувствителен,\n:спор на гнев, преполн со љубов,\n:Тој попушта и не испраќа несреќа.\n:<sup>14</sup>Кој знае, може ќе се премисли и ќе се сожали,\n:ќе остави зад себе благослов\n:- житни приноси и приноси во пијалок за ГОСПОД, вашиот Бог.\n:<sup>15</sup>Затрубете во Сион!\n:Прогласете свет пост!\n:Свикајте свечен собор!\n:<sup>16</sup>Соберете го народот,\n:посветете го соборот,\n:приберете ги старците,\n:соберете ги децата,\n:дури и оние што од гради цицаат!\n:Нека ја напушти младоженецот собата негова\n:и невестата нејзината одаја!\n:<sup>17</sup>Од храмскиот трем,\n:па сѐ до жртвеникот\n:нека лелекаат свештениците, служителите ГОСПОДОВИ,\n:и нека кажат: „Поштеди го ГОСПОДИ народот Твој!\n:Не прави од Своето наследство ругло,\n:да покажуваат со прст на него!\n:Зошто да се зборува меѓу народите: >Каде е нивниот Бог?'“\n5 ГОСПОД одговара\n:<sup>18</sup>Тогаш ќе стане љубоморен ГОСПОД за земјата Своја\n:и ќе се сожали над Својот народ,\n:<sup>19</sup>па ќе одговори ГОСПОД\n:и ќе му рече на Својот народ:\n:„Гледајте, Јас ви праќам жито, младо вино и масло.\n:Ќе се наситите од нив\n:и никогаш повеќе нема да направам да бидете за потсмев меѓу народите.\n:<sup>20</sup>А оној од север ќе го одведам далеку од вас\n:и ќе го турнам во земја сува и неплодна,\n:предницата негова во источното, а опашката во западното море.\n:Реа ќе се крева од него, ќе се издига смрдеата негова.“,\n:зашто Тој навистина изврши големи нешта.\n:<sup>21</sup>Не плаши се земјо!\n:Смири се и зарадувај се!\n:Ете, ГОСПОД направи големи нешта.\n:<sup>22</sup>Не плашете се вие диви животни,\n:зашто зазеленуваат пасиштата по полето,\n:дрвото плод дава,\n:смоквата и лозата раѓаат во изобилие!\n:<sup>23</sup>Весели се народе Сионски,\n:зарадувај се во ГОСПОД, твојот Бог,\n:зашто Тој ви даде есенски дожд во праведност!\n:Ви пушта врнежи од есенски и пролетен дожд,\n:исто како и порано.\n:<sup>24</sup>И ќе се наполнат гумната со жито,\n:ќе се прелеат каците од младо вино и масло.\n:<sup>25</sup>Ќе ви ги надоместам годините\n:што ги изедоа големиот скакулец,\n:младиот скакулец, скачката\n:и ројот од скакулци,\n:Мојата голема војска што ја испратив меѓу вас.\n:<sup>26</sup>Ќе јадете, ќе јадете и ќе се наситите,\n:па ќе Го славите името на ГОСПОД, вашиот Бог,\n:Кој чуда направи за вас.\n:Мојот народ веќе никогаш нема да биде посрамен.\n:<sup>27</sup>Тогаш ќе знаете дека Јас сум среде Израел,\n:дека Јас, ГОСПОД, сум вашиот Бог,\n:и други нема.\n:Мојот народ веќе никогаш нема да биде посрамен.\n6 Денот ГОСПОДОВ\n:<sup>28</sup>А после сето ова,\n:ќе го излеам Мојот Дух врз сите луѓе,\n:и ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши,\n:старците ваши ќе сонуваат соништа,\n:а младите ќе гледаат виденија.\n:<sup>29</sup>Дури и врз слугите и слугинките\n:во тие денови ќе го излеам Мојот Дух.\n:<sup>30</sup>Ќе покажам чуда во небесата и на земјата,\n:крв и оган и столбови од дим.\n:<sup>31</sup>Сонцето ќе се помрачи,\n:а месечината ќе окрвави,\n:пред да дојде денот ГОСПОДОВ,\n:голем и страшен.\n:<sup>32</sup>И секој кој го повикува името ГОСПОДОВО\n:ќе биде спасен,\n:зашто ќе има избавени на планината Сион и во Ерусалим,\n:токму онака како што ГОСПОД рече,\n:меѓу преживеаните, оние кои ГОСПОД ги повикува.\n= Глава 3 =\n7 Суд за народите\n:<sup>1</sup><Ете гледајте, во тие денови, во тоа време,\n:кога Јас ќе го обновам богатството на Јуда и Ерусалим,\n:<sup>2</sup>ќе ги соберам сите народи,\n:ќе ги симнам во Јехошафатовата долина\n:и ќе почнам да им судам таму заради Мојот народ,\n:Моето наследство - Израел,\n:зашто ги распрснаа меѓу народите\n:и земјата Моја ја разделија.\n:<sup>3</sup>За Мојот народ жрепка фрлија,\n:момче за блудница даваа,\n:и девојче продаваа за вино,\n:за да можат да пијат.\n:<sup>4</sup>И сега што имате против Мене вие Тире и Сидоне:и сите вие области на Пилистија?\n:Дали ми враќате за нешто?!\n:Ако ми враќате - брзо,\n:многу брзо ќе ги вратам делата ваши на ваша глава!\n:<sup>5</sup>Златото Мое и среброто Мое го зедовте.\n:Моите прекрасни богатства ги однесовте во вашите храмови,\n:<sup>6</sup>а жителите на Јуда и жителите на Ерусалим\n:ги продававте на Јаванските народи,\n:за да ги испратите далеку од нивната татковина.\n:<sup>7</sup>Гледајте, ќе ги кренам од местото каде што ги продадовте\n:и ќе ги вратам делата ваши на ваша глава.\n:<sup>8</sup>Ќе ги продавам синовите и ќерките ваши на синовите Јудини,\n:а тие ќе ги продаваат на Савејците, народ далечен.“\n:- Ете така вели ГОСПОД.\n:<sup>9</sup>Разгласете го ова меѓу народите!\n:Пригответе се за војна!\n:Кренете ги војниците!\n:Нека ги збијат редовите и нека нападнат сите борци!\n:<sup>10</sup>Прековајте ги плуговите свои во мечеви\n:и срповите свои во копја!\n:Слабиот нека каже: „Силен сум!“\n:<sup>11</sup>Дојдете на помош!\n:Дојдете народи од сите страни\n:и соберете се таму!\n:Доведи ги ГОСПОДИ војниците Твои!\n:<sup>12</sup>Нека се дигнат народите\n:и нека тргнат напред во долината Јехошафатова,\n:зашто таму Јас ќе седам за да им судам\n:на сите народи од сите страни.\n:<sup>13</sup>Замавнете со српот, зашто жетвата е зрела!\n:Дојдете, газете, зашто полна е гмечалката,\n:се прелеваат каците,\n:ете толку е големо нивното зло.\n:<sup>14</sup>Мноштво, мноштво во долината на одлуката.\n:Близу е денот ГОСПОДОВ во долината на одлуката.\n:<sup>15</sup>Сонцето и месечината ќе бидат помрачени,\n:ѕвездите ќе изгубат сјај.\n:<sup>16</sup>Тогаш ГОСПОД од Сион ќе рикне,\n:од Ерусалим ќе грмне.\n:Ќе затреперат небесата и земјата.\n:Но ГОСПОД ќе биде прибежиште за Својот народ,\n:тврдина за синовите на Израел.\n8 Благослови за Божјиот народ\n<sup>17</sup><Тогаш ќе знаете дека Јас,\n:ГОСПОД, вашиот Бог,\n:пребивам на Сион, Мојата света планина.\n:И ќе биде Ерусалим светилиште,\n:па туѓинци никогаш повторно нема да навлезат во него.\n:<sup>18</sup>На тој ден ќе прокапе од планините младо вино,\n:по ридовите ќе потече млеко,\n:низ сите порои во Јуда ќе јурнат води.\n:Извор ќе бликне во домот ГОСПОДОВ\n:и ќе ја наводнува Шиттимската долина.\n:<sup>19</sup>Египет, пак, ќе се претвори во пустина,\n:а Едом ќе стане гола пустелија,\n:заради насилството над синовите Јудини,\n:затоа што пролеаја невина крв во нивната земја.\n:<sup>20</sup>А Јуда за секогаш ќе биде населена\n:и Ерусалим во сите поколенија.\n:<sup>21</sup>И ќе им ја простам крвнината:која досега не им ја простував.“\n:Ете, ГОСПОД пребива во Сион.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B5%D0%BB_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 1551, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7225", "title": "Амос (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Зборови на Амос, еден од пастирите на Текоа, она што тој го виде во врска со Израел во деновите на Уззија, царот на Јуда и во деновите на Јеровоам, синот на Јоаш, царот на Израел, две години пред земјотресот.<sup>2</sup>И рече: „ГОСПОД од Сион рика и од Ерусалим грми! Се исушија пасиштата на пастирите, овена врвот на Кармел.“\n1 Суд за соседите на Израел.\n<sup>3</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Дамаск, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти со железни чекани го вршеше Гилеад.\n<sup>4</sup>Оган ќе пуштам врз домот на Хазаел, што ќе ги проголта тврдините на Бен Хадад.\n<sup>5</sup>Ќе ги скршам портите на Дамаск, ќе го уништам оној кој живее во долината Авен, кој држи жезол во Бет Еден. Во прогонство кај Кир ќе замине народот на Арам.“, вели ГОСПОД.\n<sup>6</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Газа, и за четирите, нема да го одвратам од неа (Мојот гнев), оти заробеници* прибираше, цели села продаваше на Едом.\n<sup>7</sup>Оган ќе пуштам врз ѕидините на Газа што ќе ги проголта тврдините нејзини.\n<sup>8</sup>Ќе го уништам оној кој живее во Ашдод и кој држи жезол во Ашкелон. Ќе ја свртам раката Моја против Екрон сѐ додека и последниот Пилистеец не умре!“, вели Господ Јахве.\n<sup>9</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Тир, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти цели села продаваа на Едом и не го почитуваа братскиот сојуз.\n<sup>10</sup>Оган ќе пуштам врз ѕидините на Тир што ќе ги проголта тврдините негови.“\n<sup>11</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на „реф> Едом, народ настанат од Есав (1 Мој 36, 25:23-30, 27:39-40) Есав значи влакнест, а бил наречен Едом, што значи црвен.Едом, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти својот брат со меч го гонеше, +жал не му падна, гневот негов се разгоре, ја остави лутината своја незауздана.\n<sup>12</sup>Затоа оган ќе пуштам врз Теман кој ќе ги проголта тврдините на Басра.“\n<sup>13</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на синовите Амонови, и за четирите, нема да го одвратам од нив (Мојот гнев), оти бремени жени распараа во Гилеад за да си ги прошират границите.\n<sup>14</sup>Затоа ќе ги запалам со оган ѕидовите на Рабба кој ќе ги проголта тврдините нејзини, со боен вик во ден на битка, со силен ветер во ден на бура.\n<sup>15</sup>И ќе отиде царот негов во прогонство, тој заедно со сите негови службеници.“ - вели ГОСПОД.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Моав, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти коските на Едомскиот цар ги гореше, сѐ додека не станаа варовник.\n<sup>2</sup>Затоа оган ќе пуштам врз Моав што ќе ги проголта тврдините на Керијот. Ќе падне Моав во голем метеж, со боен вик и со трубен звук.\n<sup>3</sup>Ќе го уништам оној што владее среде него, ќе ги убијам сите негови службеници со него.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>4</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Јуда, и за четирите, нема да го одвратам од неа (Мојот гнев), оти го отфрлија законот ГОСПОДОВ, и не се држеа до неговите наредби. Заскитаа по лажните (богови), оние кои ги следеа нивните предци.\n<sup>5</sup>Затоа оган ќе пуштам врз Јуда што ќе ги проголта тврдините на Ерусалим.\n2 Суд за Израел.\n<sup>6</sup>Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Израел, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти продаваат праведен за сребро, сиромашен за еден рало сандали.\n<sup>7</sup>Газат врз главите на бедните како по земна прашина, правдата на потчинетите не им ја признаваат. Син и татко кај иста девојка одат и така го сквернават Моето свето име.\n<sup>8</sup>Врз наметките земени во залог лежат покрај секој жртвеник, во домот на својот Бог пијат вино земено како глоба.\n<sup>9</sup>Ете, ги уништив пред нив Аморејците, иако беа високи како кедри и силни како дабови. Ги уништив и нивните плодови горе и нивните корени долу.\n<sup>10</sup>Јас те избавив од земјата Египетска, Јас те водев низ пустината четириесет години, за да ја поседуваш земјата на Аморејците.\n<sup>11</sup>Јас од твоите синови подигнав пророци и од момчињата твои назарејци, зарем не беше така народе Израелев?“ - вели ГОСПОД.\n<sup>12</sup>Но вие ги опивавте со вино назарејците, на пророците им наредивте да не пророкуваат.\n<sup>13</sup>Ете гледајте, Јас ќе ве скршам како што се крши кола натоварена со жито.\n<sup>14</sup>Брзиот нема да побегне, силниот нема да собере сила, војникот нема живот да спаси.\n<sup>15</sup>Стрелецот нема на нога да остане, брзоногиот нема да побегне, јавачот нема живот да спаси.\n<sup>16</sup>Дури и оние војници со најхрабри срца, тој ден голи ќе бегаат!“ - вели ГОСПОД.\n= Глава 3 =\n3 Повикување на сведоци против Израел.\n<sup>1</sup>Слушни го овој збор што го кажа ГОСПОД против тебе народе Израелев, против целото семејство што го избавив од земјата Египетска:\n<sup>2</sup><Токму тебе те одбрав од сите семејства на земјата, па затоа и ќе те казнам за сите твои гревови.“\n<sup>3</sup>Одат ли двајца заедно ако не се сложни?\n<sup>4</sup>Рика ли лав во грмушките ако нема плен, 'ржи ли тој во дувлото ако не уловил ништо?\n<sup>5</sup>Се фаќа ли птица во стапица, ако нема примка? Се стега ли примката, ако нема што во неа да се фати?\n<sup>6</sup>Ќе се огласи ли труба во градот, а луѓето да не затреперат? Ќе падне ли несреќа на градот која не е од ГОСПОД?\n<sup>7</sup>Ништо не прави Господ Јахве, без да им ги открие Своите намери на Неговите слуги, пророците.\n<sup>8</sup>Рикна лавот - кој нема да се уплаши? Проговори Господ Јахве - кој нема да пророкува?\n<sup>9</sup>Објави им на тврдините Ашдотски и на тврдините во земјата Египетска: „Соберете се на планините Самариски и гледајте - немири големи во неа и угнетување среде неа!“\n<sup>10</sup><Ете, не умеат правично да постапуваат,“ - вели ГОСПОД - „натрупувајќи грабеж и плен во тврдините нивни.“\n<sup>11</sup>Затоа, вака вели Господ Јахве: „Непријател ќе ја заземе земјата, ќе ги сруши вашите ѕидини и ќе ви ги ограби тврдините.“\n<sup>12</sup>Вака вели ГОСПОД: „Колку што пастир од устата на лавот спасува две потколеници или парче од уво, толку ќе бидат спасени Израелците, оние кои седат во Самарија на работ на креветот и во Дамаск на леглата свои!“\n<sup>13</sup><Слушни и сведочи против домот на Јаков!“ - вели Господ Јахве, Семоќниот Бог!\n<sup>14</sup><Ете, на денот кога Јас ќе го казнам Израел за неговите гревови, ќе ги уништам жртвениците во Бет Ел, ќе бидат откршени роговите на жртвеникот и ќе паднат на земја.\n<sup>15</sup>Ќе ги срушам и зимскиот дом и летниот дом! Ќе бидат уништени куќите од слонова коска. Разурнати ќе бидат големите куќи.“ - вели ГОСПОД.\n= Глава 4 =\n4 Израел не се врати кај Бог.\n<sup>1</sup>Слушнете го овој збор крави Башански, вие кои сте на гората Самариска, вие жени кои ги угнетувате сиромашните и душа им вадите на бедните, вие жени кои им велите на вашите мажи: „Донесете ни за да има што да пиеме!“\n<sup>2</sup>Се заколна Господ Јахве во Својата светост: „Незадрживо ете идат на вас денови, кога со куки ќе ве одведе, со јадици до последната!\n<sup>3</sup>Низ пукнатините на ѕидовите ќе излезете и ќе бидете фрлени во правецот на Хармон.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>4</sup>Оди во Бет Ел и греши! Оди во Гилгал и греши уште повеќе! Донеси ги утринските жртви, носи ги десетоците секој трет ден!\n<sup>5</sup>Квасен леб запали како принос за благодарност! Фали се наоколу за доброволниот принос што си го дал и гордеј се! Тоа е она што вие Израелците го сакате.“ - вели ГОСПОД Седржителот.\n<sup>6</sup><Јас, Јас направив гладни да бидете во секој од вашите градови и недостаток на леб да има во секое село, а вие сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>7</sup><Јас, Јас ве оставив без дожд на три месеци пред жетва. Пуштив дожд на еден град, а на друг не пуштив. На едно поле заврна, а полето на кое не заврна се исуши.\n<sup>8</sup>Талкавте од два три града кон еден град, за да се напиете вода, но вода доволно немаше! И вие сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>9</sup><Многу пати ги нападнав градините ваши со лисни вошки и пепелница. Лозјата, смоквите и маслините скакулец ги изеде, а вие сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>10</sup><Пуштив меѓу вас чума, како што пуштив во Египет. Со меч ги убив момчињата, заедно со вашите заробени коњи. Со смрдеата од вашите табори ви ги исполнив ноздрите и сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД\n<sup>11</sup><Ве соборив како што Бог ги собори Содом и Гомора. Бевте како нагорена гламја истргната од оган, и сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>12</sup>Затоа вака ќе ти правам Израеле! А затоа што вака ќе ти правам, приготви се да се сретнеш со својот Бог Израеле!\n<sup>13</sup>О, гледајте, Оној Кој им даде облик на планините, Кој го создаде ветрот, Оној Кој му ги открива на човекот Своите мисли, Кој мракот го претвора во зора, Оној Кој гази по висовите на земјата, ГОСПОД, Бог Семоќен е Неговото име.\n= Глава 5 =\n5 Жалопојка и повик за покајување.\n<sup>1</sup>Слушнете го овој збор, оваа жалопојка што ја кажувам за тебе, доме Израелев.\n<sup>2</sup>Падна и нема веќе да се подигне девицата Израелева, напуштена е во сопствената земја и нема кој да ја подигне.\n<sup>3</sup>Ете вака вели Господ Јахве: „Во градот од кој излегуваа илјада, ќе останат сто, во гратчето од кое излегуваат сто, ќе останат десет за домот Израелев.“\n<sup>4</sup>Ете ова му порачува ГОСПОД на домот Израелев: „Барајте Ме Мене и ќе живеете!\n<sup>5</sup>Не барајте го Бет Ел и не одете во Гилгал, не патувајте во Бер Шева, оти Гилгал во прогонство ќе замине, а Бет Ел ќе биде сосема уништен.“\n<sup>6</sup>Барајте Го ГОСПОД и ќе живеете. Ако пак не го барате, како оган Тој ќе прелета низ домот Јосифов и ќе го проголта, и нема да има во Бет Ел кој да го угасне.\n<sup>7</sup>Вие кои ја извртувате правдата во горчина, праведноста ја фрлате на земја,\n<sup>8</sup>(Оној Кој ги создаде Плејадите** и Орион, Кој мракот го претвора во зора и денот во ноќ го замрачува, Кој водите морски ги повикува и ги излева преку лицето на земјата, Јахве е Неговото име!\n<sup>9</sup>Молскавично ги уништува тврдините. Уништување им носи на утврдените градови.)\n<sup>10</sup>го мразите оној кој прекорува по судовите, оној кој вистината ја кажува го презирате.\n<sup>11</sup>Затоа што го газите бедниот и дел жито земате од него - куќи камени изѕидавте, но во нив нема да живеете, бујни лозја посадивте, но вино од нив нема да пиете.\n<sup>12</sup>Знам Јас многу ваши навреди. Големи се гревовите ваши. Угнетувате праведен земајќи поткуп, бедните ги лишувате од правда во судовите.\n<sup>13</sup>Затоа мудар човек молчи во вакво време. Лоши се времињата.\n<sup>14</sup>Барајте добро, а не зло, за да живеете. Тогаш ГОСПОД, Бог Семоќен, ќе биде со вас, како што сега велите дека е.\n<sup>15</sup>Мразете го злото, сакајте го доброто, правда во судовите спроведувајте! Може ќе му се смилува ГОСПОД, Бог Семоќен, на остатокот на Јосиф.\n<sup>16</sup>Затоа вака вели Јахве, Бог Семоќен, Господ: „По сите улици лелек! Викаат по сите плоштади: >Оф, оф!' Ќе свикаат земјоделци да плачат, тажачки да оплакуваат.\n<sup>17</sup>Плак ќе има во сите лозја, оти Јас ќе поминам среде вас.“ - вели ГОСПОД.\n6 Денот ГОСПОДОВ.\n<sup>18</sup>Тешко на оние кои го посакуваат денот ГОСПОДОВ! Зошто ви е тој ден ГОСПОДОВ? Тој е мрак, а не светлина!\n<sup>19</sup>Ќе биде како кога човек побегне од лав и го сретне мечка. Се прибере дома и потпре рака на ѕидот, а го касне змија.\n<sup>20</sup>Нема ли мрак да биде денот ГОСПОДОВ, а не светлина? Црна темнина, без зрак светлина!\n<sup>21</sup>Ги мразам, ги презирам вашите верски празници. Не можам да ги трпам вашите собранија.\n<sup>22</sup>Иако ми носите жртви паленици и житни приноси, нема да ги прифатам! Иако ми носите доброволни приноси, одбрани од вас, нема ни да ги погледнам!\n<sup>23</sup>Мавнете ми ја бучавата на вашите песни! Звукот на вашите харфи не сакам да го слушам!\n<sup>24</sup>Туку нека потече правда како река, праведност како поток што не пресушува.\n<sup>25</sup>Ми принесуваше ли жртви и житни приноси во пустината, четириесет години, доме Израелев?\n<sup>26</sup>Му подигнавте храм на својот цар, ги поставивте вашите идоли на високо, ѕвездата на вашите богови кои си ги направивте самите за себе.\n<sup>27</sup>Затоа ќе ве протерам од другата страна на Дамаск!“ - вели ГОСПОД, Бог Семоќен е Неговото име.\n= Глава 6 =\n7 Тешко на самозадоволните.\n<sup>1</sup>Тешко на самозадоволните во Сион, на оние кои се чувствуваат безбедно на планината самариска, за први што ги сметаат меѓу народот и кај нив доаѓаат од домот Израелев!\n<sup>2</sup>Оди во „реф> Калнех и Хамат паднале во војната на Јеровоам Втори (2 Цар 14:28), а ѕидот на Гат било пробиен од Узија (2 Лет 26:6).Калнех и гледај! Оди од таму во Хамат* голем, оди долу во Гат Пилистејски! Подобри ли сте од тие царства и не е поголема ли нивната земја од вашата?\n<sup>3</sup>Тие денот зол го одложуваат, а вие власта на насилството ја приближувате.\n<sup>4</sup>Оние кои лежат на кревети од слонова коска и денгубат во своите легла, оние кои ручаат јагниња од стадото и телиња од оборот,\n<sup>5</sup>оние кои дрнкаат по жиците на харфата, божем како Давид музика создаваат на инструментите,\n<sup>6</sup>оние кои пијат вино со бокали и најфини лосиони употребуваат, а не жалат над урнатината на Јосиф,\n<sup>7</sup>затоа тие меѓу првите ќе заминат во прогонство и ќе престанат нивните празнувања и денгубења.\n8 ГОСПОД се гади од гордоста на Израел.\n<sup>8</sup>Се заколна Господ Јахве во Себе.“ - вели ГОСПОД, Бог Семоќен - „Ми се згади од гордоста на Јаков. Ми омрзнаа тврдините негови. Ете, ќе го предадам градот и сѐ што е во него.“\n<sup>9</sup>И ако десетмина останат во еден дом, и тие ќе умрат.\n<sup>10</sup>Роднините, кога ќе доаѓаат да ги вадат од дома за да ги спалат нивните тела, ќе ги прашуваат оние внатре: „Уште ли е со вас?“, а тие ќе велат: „Не!“, па ќе кажат: „Молчете, да не го спомнете името ГОСПОДОВО!“\n<sup>11</sup>Оти гледајте, ГОСПОД издава наредба и ќе ги здроби големите куќи на парчиња, малите куќи прав и пепел ќе ги стори.\n<sup>12</sup>Одат ли коњи по каменлив гребен? Ора ли човек по него со воловите? А вие правдата во отров ја претворивте и плодовите на праведноста во горчина!\n<sup>13</sup>Вие кои се радувате заради „реф> Ло Девар значи ништо.Ло Девар, и велите: „Зарем не го освоивме +Карнаим со своја сила?“\n<sup>14</sup><Оти гледај доме Израелев!“ - вели ГОСПОД, Бог Семоќен - „Јас подигам против вас народ кој ќе ве угнетува од Лево Хамат*, па сѐ до долината Арава.“\n= Глава 7 =\n9 Скакулци, оган и оловна лента.\n<sup>1</sup>Ова ми го покажа Господ Јахве: Гледај, подготвува рој скакулци на почетокот на вторите плодови, а вторите плодови се после жетвата на царот.\n<sup>2</sup>Откако го соголија сето зеленило по земјата, извикнав: „Јахве Господе, прости ни сега! Како ќе преживее Јаков?! Тој е толку мал!“\n<sup>3</sup>Тука ГОСПОД попушти: „Ова нема да се случи.“ - рече ГОСПОД.\n<sup>4</sup>Ова ми го покажа Господ Јахве: Гледај Господ Јахве повикува на суд преку оган и се исуши големата бездна и ја проголта земјата.\n<sup>5</sup>Тогаш извикнав: „Јахве Господе, престани сега! Како ќе преживее Јаков?! Тој е толку мал!“\n<sup>6</sup>Тука ГОСПОД попушти: „Ниту ова нема да се случи.“ - рече Господ Јахве.\n<sup>7</sup>Ова ми го покажа: Гледај, Господ стои покрај ѕид ограда, а во неговата рака оловна лента.\n<sup>8</sup>И ме праша ГОСПОД: „Што гледаш Амосе?“, а јас одговорив: „Оловна лента.“ Тогаш рече Господ: „Гледај, поставувам оловна лента меѓу Мојот народ, Израел, и нема веќе да го штедам.\n<sup>9</sup>Уништени ќе бидат височинките на Исак! Разурнати ќе бидат светилиштата на Израел! Јас ќе станам против домот на Јеровоам со меч.“\n10 Амос и Амасија.\n<sup>10</sup>Тогаш Амасија, свештеник од Бет Ел, испрати (порака) до Јеровоам, царот на Израел: „Тој Амос подготвува заговор против тебе во срцето на домот Израелев! Земјата веќе не може да ги трпи сите негови зборови!“\n<sup>11</sup>Оти вака вели Амос: „Од меч ќе умре Јеровоам, а Израел ќе оди во прогонство, прогонет ќе биде од својата земја!“\n<sup>12</sup>Тогаш му рече Амасија на Амос: „Ајде ти гледач бегај, врати се во Јуда! Таму леб да јадеш, таму да пророкуваш!\n<sup>13</sup>На Бет Ел веќе да не пророкуваш, оти ова е светилиште на овој цар и храм на ова царство!“\n<sup>14</sup>Амос одговори и му рече на Амасија: „Јас не сум ниту пророк, ниту син на пророк, туку сум пастир, одгледувам смокви.\n<sup>15</sup>ГОСПОД ме зеде од стадото; и ми рече ГОСПОД: „Оди и пророкувај му на Мојот народ, Израел!“\n<sup>16</sup>Слушни сега збор од ГОСПОД! Велиш, не пророкувај против Израел, не проповедај против домот Исаков!\n<sup>17</sup>Затоа вака вели ГОСПОД: „Твојата жена во градот ќе стане блудница, синовите и ќерките твои од меч ќе паднат, а земјата твоја ќе биде премерена и поделена! Ти во земја нечиста ќе умреш! Израел ќе оди во прогонство! Во прогонство ќе замине од земјата своја!“\n= Глава 8 =\n11 Кош зрели плодови.\n<sup>1</sup>Ова ми го покажа Господ Јахве: Гледај, кош зрели плодови.\n<sup>2</sup>И ме праша: „Што гледаш Амосе?“, а јас одговорив: „Кош зрели плодови.“ Тогаш ми рече ГОСПОД: „Созреа времето за Мојот народ, Израел. Нема повеќе да го штедам.“\n<sup>3</sup><Во лелек ќе се претворат песните во храмот тој ден“ - вели Господ Јахве! - „Многу тела насекаде расфрлани! Молк!“\n<sup>4</sup>Слушнете го ова вие кои ги газите бедните и ги уништувате сиромашните во земјата!\n<sup>5</sup>Велите: „Кога веќе еднаш ќе заврши Младата месечина, за да можеме да продаваме жито!? Кога веќе еднаш ќе заврши Саботата, за да можеме да тргуваме со пченица!? Да закинеме на мерката, да накачиме на цената, да мамиме со нечесни тегови!\n<sup>6</sup>Да купуваме сиромашни со сребро, и бедни за рало сандали. Дури и плевата од житото да ја продадеме.“\n<sup>7</sup>Се заколна ГОСПОД со гордоста на Јаков: „Нема да заборавам до века ниту едно од нивните дела!“\n<sup>8</sup>Нема ли заради ова да затрепери земјата, нема ли да зажалат сите нејзини жители? Како Нил ќе се разбранува. Ќе биде издигната и потоа поплавена, како реката Египетска.\n<sup>9</sup><Тој ден“ - вели ГОСПОД Седржителот - „ќе го зајдам сонцето на сред пладне, ќе ја замрачам земјата при дневно светло!\n<sup>10</sup>Во лелек ќе ги претворам вашите верски празници, во плак сите ваши песни. Ќе направам секој вреќиште да облече и главата да ја избриче. Ќе го направам тоа време како страдање по син единец, а крајот негов како горчлив ден.“\n<sup>11</sup><Гледајте, идат денови“ - вели Господ Јахве - „кога ќе пуштам глад по земјата! Не глад за храна, или жед за вода, туку желба да се чујат зборовите ГОСПОДОВИ.\n<sup>12</sup>Ќе скитаат од море до море, од север до исток, ќе талкаат барајќи збор од ГОСПОД, но нема да најдат.\n<sup>13</sup>Во тој ден ќе се онесвестуваат личните девојки, младите момци ќе припаѓаат од жед.\n<sup>14</sup>Тие што се колнат со срамот на Самарија, или велат: >Живи се нашите богови, жив е Дан', или: >Жива е силата на Бер Шева', тие ете ќе паднат и никогаш повеќе нема да станат!“\n= Глава 9 =\n12 Израел ќе биде уништен.\n<sup>1</sup>Го видов Господ како стои покрај жртвеникот и рече: „Удри по врвот на потпорните столбови! Нека се затресат гредите! Нека паднат врз главите на сите нив, а тие што ќе преживеат Јас со меч ќе ги убијам! Ниту еден нема да се извлече, ниту еден нема да побегне.\n<sup>2</sup>И до пеколот длабоко да ископаат, и таму раката Моја ќе ги стигне! И до небесата да се искачат, и оттаму ќе ги симнам!\n<sup>3</sup>На врвот на Кармел да се сокријат, и таму ќе ги уловам и ќе ги фатам. На дното на морето да се сокријат од очите Мои, ќе ѝ наредам на змијата и ќе ги касне.\n<sup>4</sup>Иако се однесени во прогонство пред нивните непријатели, и таму ќе му наредам на мечот да ги искасапи! Ќе ги држам на око за зло, не за добро!“\n<sup>5</sup>Господ, Јахве Семоќен, Оној Кој ја допира земјата и таа се топи, страда сѐ живо по неа, се крева како Нил целата земја, преплавува како реката Египетска.\n<sup>6</sup>Оној Кој ги создаде небесата, Неговите високи дворци, Кој ги постави темелите на земјата, Оној Кој водите морски ги повикува и ги излева по лицето на земјата, Јахве е Неговото име.\n<sup>7</sup><Народе Израелски, зарем не сте вие за Мене како Кушитите?“ - вели ГОСПОД - „Израеле зарем не те избавив од земјата Египетска, како што ги избавив Пилистејците од Кафтор и Арамејците од Кир?\n<sup>8</sup>Ете, очите на Господ Јахве гледаат на ова грешно царство и ќе го уништам од лицето на земјата! Сепак, ете, нема да го уништам домот на Јаков.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>9</sup><Оти еве, Јас наредувам: >Ќе го просеам домот на Јаков меѓу сите народи, како што се сее низ сито, и ниту едно зрно песок нема да дојде до земјата.'\n<sup>10</sup>Од меч ќе загинат сите грешници од Мојот народ, оние кои велат: >Нема да не снајде несреќа, ниту лошо време ќе дојде за нас.'\n13 Обновувањето на Израел.\n<sup>11</sup>Во тој ден ќе го обновам паднатиот шатор на Давид, ќе ги поправам скршените места, искршените делови ќе ги обновам, ќе го подигнам како во поранешните денови,\n<sup>12</sup>и така тие ќе го поседуваат остатокот на Едом, и сите народи кои го повикуваат Моето име.“ - вели ГОСПОД, Оној Кој ќе го направи ова.\n<sup>13</sup><Ете, денови идат“ - вели ГОСПОД - „кога орачот ќе го престигне жетварот, оној што гмечи грозје - сеачот! И ќе капе од планините младо вино, ќе тече по сите ридови.\n<sup>14</sup>Ќе ги вратам прогонетите од Мојот народ, Израел. Тие ќе ги обноват разурнатите градови. Ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе пијат вино од нив. Ќе обработуваат градини и ќе јадат плодови од нив.\n<sup>15</sup>Јас ќе ги посадам во нивната земја, и никогаш повеќе нема да бидат искоренети од нивната земја, која Јас им ја дадов.“ - вели ГОСПОД, вашиот Бог.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BC%D0%BE%D1%81_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 3123, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8749", "title": "Јован Јовановиќ - Змај", "text": "Јован Јовановиќ-Змај (српски: Јован Јовановић Змај; Нови Сад, 24 ноември 1833 - Сремска Каменица, 3 јуни 1904) — српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија.\n1 Творештво\n;Детска поезија\n*„Рачиња си мие“\n*„Мачка предела“\n*„Што сме дочекале“\n*„Разговор со мачето“\n*„Малиот коњаник“\n*„Сестра братче лула“\n*„Добри соседи“\n*„Мачка и врапче“\n*„Ветар“\n*„Мјау - мјау“\n*„Штркот“\n*„Ајте в гора“\n*„Дожд“\n*„Благодарам“\n*„Кокошка и лисица“\n*„Јаре, јаренце“\n*„Разбиена војска“\n*„Зимска песна“\n*„Јованка градинарка“\n*„Што ни вели петелот“\n*„Петре како доктор“\n*„Училиште за шатчиња“\n*„Гулабице моја“\n*„Појадок“\n*„Циганинот го фали својот коњ“\n*„Кое е поубаво“\n*„Пролетна“\n*„Дете и пеперутка“\n*„Гатанка“\n*„Што гледам“\n*„Последниот лешник“", "subject": ["Јован Јовановиќ - Змај"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C_-_%D0%97%D0%BC%D0%B0%D1%98", "word_count": 112, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7245", "title": "Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, наименуван од Бог да Му биде апостол на Исус Христос,\nи од нашиот драг брат Тимотеј,\nдо Божјата црква во градот Коринт и до сите христијани во цела Ахаја.\n<sup>2</sup>Ви посакувам Бог, нашиот небесен Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n2 Утешителот Бог\n<sup>3</sup>Благословен нека е Бог, Кој е и Татко на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдието и Бог од Кој ни доаѓа секоја утеха!\n<sup>4</sup>Во секоја наша невола нѐ утешува, за да можеме и ние да ги утешуваме другите што се во некаква невола, со истата утеха со која Бог нас нѐ утешува.\n<sup>5</sup>Колку повеќе страдаме за Христос, толку повеќе Бог ќе нѐ опсипе со утеха преку Христос.\n<sup>6</sup>Кога ние страдаме, тоа е за ваше добро и за ваше спасение, зашто кога Бог ќе нѐ утеши нас, тоа и за вас ќе претставува охрабрување и така ќе бидете поподготвени трпеливо да поминете низ истите страдања низ кои ние сега минуваме.\n<sup>7</sup>Имаме цврста верба во вас, иако знаеме дека сега минувате низ страдања низ кои и ние сме минувале, но ќе бидете утешени на истиот начин на кој и ние бевме утешени.\n<sup>8</sup>Сметам, драги пријатели христијани, дека треба да знаете за страдањата низ кои ние поминавме во покраината Азија. Тие беа толку тешки и неподносливи, што загубивме секаква надеж дека ќе останеме живи.\n<sup>9</sup>Помисливме дека ќе умреме и престанавме да се потпираме на сопствените сили. Му се препуштивме на Бог, Кој и мртви може да воскресне.\n<sup>10</sup>Тој нѐ избави од сигурна смрт и пак ќе нѐ избавува. На Него се надеваме и знаеме дека ќе продолжи да нѐ избавува.\n<sup>11</sup>Вие ни помагате со тоа што се молите за нас. Кога тие многубројни молитви ќе бидат одговорени и Бог ќе ни ја покаже својата дарежлива благонаклоност, многу луѓе ќе Му бидат благодарни.\n3 Икреност и отвореност\n<sup>12</sup>Ние можеме да бидеме горди на нашата чиста совест. Спрема сите луѓе, а посебно спрема вас, бевме отворени и искрени, онака како што Бог нѐ учи. Не постапувавме онака како што телесен човек би сметал дека е мудро, туку нѐ водеше Бог, Кој ни беше благонаклонет.\n<sup>13</sup>Моите писма се јасни. Нема ништо неразбирливо, или скриено меѓу редови. Се надевам дека еден ден сѐ ќе ви биде јасно,\n<sup>14</sup>иако сега само делумно ви е јасно. Така, на денот кога нашиот Господ Исус ќе се врати, вие ќе се гордеете со нас, а ние со вас.\n4 Причини за одлагање на посетата на Коринт\n<sup>15</sup>Со таа увереност имав намера да дојдам прво кај вас, и дури двапати да ви бидам полезен:\n<sup>16</sup>еднаш да ве посетам на одење накај Македонија, а потоа на враќање од Македонија повторно да свратам кај вас и оттаму вие да ме испратите за Јудеја.\n<sup>17</sup>Се надевам дека нема да ме обвините оти не си стојам на зборот и дека се однесувам како световните луѓе кои кога велат да, всушност мислат не.\n<sup>18</sup>Бог ми е сведок дека нашето „да“ не е двосмислено, па да значи и „не“,\n<sup>19</sup>затоа што Божјиот Син, Исус Христос, за Кого ви проповедавме јас, Силван и Тимотеј, не зборуваше двосмислено, туку она што ќе го кажеше секогаш беше и остануваше така како што е кажано.\n<sup>20</sup>Сите Божји ветувања се исполнети во Него. Затоа кога на Бог Му оддаваме слава преку Исус велиме „Амин“.\n<sup>21</sup>Бог е Тој што и вам и нам ни дава сили да стоиме цврсто на страната на Христос. Тој нѐ одбра,\n<sup>22</sup>го всели Својот печат врз нас и Го стави во нашите срца Својот Дух како потврда дека сме Негови.\n<sup>23</sup>Бог ми е сведок дека причината за моето недоаѓање во Коринт беше со цел да ве поштедам од укорување.\n<sup>24</sup>Ние не сме ви господари што ќе ви кажуваат како треба, а како не треба да верувате. Сакаме само да соработуваме со вас, за да бидете исполнети со радост, зашто вие во верата сте непоколебливи.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Решив да не ве нажалам со уште една болна посета.\n<sup>2</sup>Ако јас вас ве натажам, кој мене ќе ме развесели? Зар тие кои штотуку сум ги натажил?\n<sup>3</sup>Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат. Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас.\n<sup>4</sup>Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.\n5 Треба да му се прости на тој што згрешил\n<sup>5</sup>Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене.\n<sup>6</sup>Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна.\n<sup>7</sup>Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне.\n<sup>8</sup>Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека сѐ уште го сакате!\n<sup>9</sup>Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства.\n<sup>10</sup>А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос.\n<sup>11</sup>Ако не постапуваме така, сатаната ќе нѐ надмудри, а знаеме какви се неговите намери!\n6 Апостолската служба\n<sup>12</sup>Кога пристигнав во Троада за да ја проповедам Радосната вест за Христос, видов како Господ пред мене отвора ново поле за работа.\n<sup>13</sup>Но немав душевен мир, бидејќи мојот драг пријател Тит не се беше вратил откај вас. Затоа, се збогував со луѓето во Троада и заминав за Македонија, за таму да се сретнам со Тит.\n<sup>14</sup>Но, благодарни сме Му на Бог, Кој, на чело со Христос, секогаш нѐ води во победа. Преку нас Тој насекаде ја шири вистината за Христос, како што се шири миризливоста од пријатен мирис.\n<sup>15</sup>За Бог ние сме како пријатен мирис што го приближува Христос кон сите: и кон оние што Го прифаќаат и се спасуваат, и кон оние што Го одбиваат и пропаѓаат.\n<sup>16</sup>За жал, на оние што Го одбиваат Христос, овој мирис ќе им биде смртна пресуда. На оние, пак, што Го прифаќаат Христос, ние сме им како најпријатен мирис што им носи вечен живот. Кој е способен да извршува ваква служба?\n<sup>17</sup>Ние не сме трговци - а такви ги има многу - што се обидуваат да заработат пари од проповедање на Божјиот слово! Ние проповедаме за Христос искрено, како што Бог сака. Нас Бог нѐ испрати и Тој нѐ надгледува.\n= Глава 3 =<sup>1</sup>Можеби ова ви звучи како самите да се препорачуваме? Дали нам ни се потребни, како што им се потребни на некои, писмени препораки за да проповедаме кај вас, или пак препораки од вас?\n<sup>2</sup>Вие сте нашата препорака, запишана во нашите срца, која сите луѓе можат да ја видат и прочитаат.\n<sup>3</sup>Очигледно е дека вие сте препораката што ја имаме, која преку нашиот труд е напишана од Христос, не со мастило, туку со Духот на Живиот Бог; не врз камени плочи, туку врз човечки срца.\n<sup>4</sup>Уверени сме во ова затоа што, преку Христос, имаме доверба во Бог.\n<sup>5</sup>Нема ништо во нас што би ни дало за право да тврдиме дека сме способни да направиме нешто од трајна вредност. Нашата способност доаѓа од Бог.\n<sup>6</sup>Тој нѐ оспособи да го претставуваме Неговиот нов завет. Тоа не е завет од пишани закони, туку од Светиот Дух. Стариот начин, преку пишаниот закон, води кон смрт, а новиот начин, преку Светиот Дух, дава живот.\n7 Величественоста на Новиот завет\n<sup>7</sup>Мојсеевиот Закон беше врежан само на камени плочи, па сепак беше даден со таков блесок што луѓето не можеа да гледаат во лицето на Мојсеј, иако сјајот што тој го имаше полека бледнееше. Ако тојЗакон што води во смрт беше даден на така величествен начин,\n<sup>8</sup>колку повеличествено ќе биде дејствувањето на Светиот Дух!?\n<sup>9</sup>Ако стариот завет што доведе до осуда на сите луѓе беше толку величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде новиот завет што ни овозможува да се стекнеме со праведност пред Бог!\n<sup>10</sup>Токму поради тоа што новото е далеку повеличествено, старото го загуби својот сјај!\n<sup>11</sup>Ако стариот завет, кој веќе е надминат, беше величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде новиот завет, чија слава ќе трае вечно!?\n<sup>12</sup>Токму поради тоа што имаме таква прекрасна надеж, можеме толку смело да настапуваме.\n<sup>13</sup>Ние не сме како Мојсеј, кој ставаше превез врз лицето, за да не забележат луѓето дека сјајот на неговото лице бледнее и исчезнува.\n<sup>14</sup>Но умовите им закоравеа, па и ден-денес, кога го читаат Стариот завет, превез им ги покрива умовите и тие не можат да ја согледаат вистината. Тој превез се отстранува само кога човек ќе поверува во Христос.\n<sup>15</sup>Да, дури и денес, кога ги читаат Мојсеевите книги, превез им ги покрива срцата и тие не разбираат.\n<sup>16</sup>Но кога човек ќе се сврти кон Господ, превезот се отстранува.\n<sup>17</sup>Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот Дух, Тој донесува слобода.\n<sup>18</sup>Сите ние, пред чии лица нема превез, сме одраз на славата Господова, како во огледало. Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме сѐ послични на нашиот славен Господ.\n= Глава 4 =\n8 Храбри Христови пратеници\n<sup>1</sup>Затоа сега, кога како израз на Божјата милост ја добивме оваа служба, ние не се обесхрабруваме.\n<sup>2</sup>Се откажавме од сите подмолни и срамни работи. Не се служиме со итрини и не го извртуваме Божјиот збор, туку јасно, пред Бог, му ја откриваме вистината на секој човек, оставајќи му ја одлуката на неговата совест.\n<sup>3</sup>Ако Радосната вест што ние ја проповедаме е скриена од некого, тоа е јасен знак дека тој се определил за пропаст.\n<sup>4</sup>Но на таквите сатаната, богот на овој зол свет, им го заслепил разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.\n<sup>5</sup>Ние не се истакнуваме себеси, туку проповедаме дека Исус Христос е Господ, а ние сме ви на услуга, заради Исус.\n<sup>6</sup>Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.\n<sup>7</sup>Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.\n<sup>8</sup>Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж.\n<sup>9</sup>Прогонувани сме, но Бог не нѐ оставил. Нѐ соборуваат наземи, но не сме уништени.\n<sup>10</sup>Преку страдањата на овие наши тела, ние постојано учествуваме во смртните страдања на Исус, за да се види и Неговиот живот во нашите тела.\n<sup>11</sup>Живееме под постојани закани дека ќе нѐ убијат поради тоа што проповедаме за Исус, за да може Исусовиот живот да се пресликува во нашите смртни тела.\n<sup>12</sup>И така, додека смртта си ја покажува силата против нас, вечниот живот ја покажува својата сила во вас.\n9 Надеж во воскресението\n<sup>13</sup>Ние ќе продолжиме да проповедаме, бидејќи и ние ја имаме истата вера што ја имал псалмистот кога рекол: „Верував во Бог и затоа зборував.“\n<sup>14</sup>Знаеме дека истиот онојБог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе нѐ воскресне. Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе нѐ доведе кај Себе.\n<sup>15</sup>Сето ова е за ваша полза. Така сѐ повеќе и повеќе луѓе ќе дознаваат дака Бог дарежливо им е благонаклонет и ќе Му искажуваат благодарност, а Бог сѐ повеќе ќе се прославува.\n<sup>16</sup>Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува.\n<sup>17</sup>Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно.\n<sup>18</sup>Затоа ние не се сосредоточуваме на она што сега се гледа, туку на придобивките што допрва ќе се видат. Зашто сѐ што е сега видливо е привремено, а тоа што еден ден ќе го видиме е вечно.\n= Глава 5 =\n10 Очекуваме нови, вечни тела\n<sup>1</sup>Знаеме дека кога ќе пропадне овој >шатор' во кој сега живееме, односно, нашето овоземно тело, нѐ очекуваат на небото вечни домови направени од Бог, а не од човечка рака.\n<sup>2</sup>Во нашите сегашни тела офкаме и копнееме по денот кога како нова облека ќе ги облечеме нашите небесни тела,\n<sup>3</sup>зашто ние нема да бидеме голи духови, без тела, туку ќе ги облечеме нашите нови, небесни тела.\n<sup>4</sup>Додека живееме во овој овоземен шатор, односно во нашите смртни тела, офкаме бидејќи имаме мака. Но ние не копнееме по тоа да умреме и да останеме без тела, туку со нетрпение чекаме да се преселиме во нашите нови тела, па вечниот живот да го проголта ова смртно тело.\n<sup>5</sup>Бог нѐ подготви за тоа и ни Го даде Светиот Дух како гаранција дека тоа навистина ќе се случи.\n<sup>6</sup>Затоа ние секогаш сме смели, и покрај тоа што сѐ додека сме во ова овоземно тело, ние не сме дома, кај Господ.\n<sup>7</sup>Верата е она што нѐ движи напред, а не тоа што сега го гледаме.\n<sup>8</sup>Храбри сме, бидејќи повеќе сакаме да се иселиме од ова наше овоземно тело и да си одиме дома, кај Господ.\n<sup>9</sup>Затоа, било да сме дома кај Господ, или да сме овде, сакаме да го работиме тоа што Нему Му е по волја.\n<sup>10</sup>Секој од нас ќе треба да се појави пред Христовиот суд, за да го прими она што го заслужил со своите добри или лоши постапки додека бил во овоземното тело.\n11 Ние сме Божји амбасадори\n<sup>11</sup>Ние имаме страхопочит спрема Господ, и затоа со сите сили се обидуваме да им всадиме вера и на другите луѓе. Бог знае дека сме искрени, а се надевам дека длабоко во себе и вие знаете какви луѓе сме.\n<sup>12</sup>Не, не ни е намерата да ви се наметнуваме, туку да ви дадеме аргументи за да се гордеете со нас, и да можете да им одговорите на оние што се фалат со својата надворешност, а не со внатрешни квалитети.\n<sup>13</sup>Ако ви изгледаме надвор од себе, тоа е за да Му донесеме слава на Бог. Ако, пак, разумот нѐ води, тоа е за ваша полза.\n<sup>14</sup>Што и да работиме, тоа е затоа што нѐ раководи љубовта на Христос. Како што веруваме дека Христос умре за сите луѓе, така веруваме и дека сите ние умревме за стариот начин на живот што го живеевме.\n<sup>15</sup>Тој умре за сите нас и затоа тие што го прифаќаат од Него подарениот, нема веќе да живеат за да си угодуваат самите на себе, туку ќе живеат за да Му угодат на Христос, Кој умре и воскресна за нив.\n<sup>16</sup>Затоа, ние веќе никого не вреднуваме според телесните постигнувања. Ако порано така гледавме на Христос сега веќе не гледаме така.\n<sup>17</sup>Тоа значи дека кога некој ќе стане христијанин, тој е веќе нова личност. Не е веќе ист како порано, зашто со стариот живот е веќе завршено. Започнува нов живот!\n<sup>18</sup>Тој нов живот доаѓа од Бог, Кој, преку Христос, нѐ помири со Себе и ни ја довери задачата да им објаснуваме на луѓето како и тие да се помират со Него.\n<sup>19</sup>Нашата порака е дека Бог беше во Христос и му понуди помирување на целиот свет со Себе, готов да им ги прости гревовите на луѓето. Таа порака, која објаснува како можеме да се помириме со Бог, ни ја довери нам, за да им ја проповедаме на сите луѓе.\n<sup>20</sup>Ние сме амбасадори на Христос, и преку нас Бог ви говори. Во име на Христос, ве молиме: помирете се со Бог!\n<sup>21</sup>Бог Го даде Христос, Кој немаше никаков грев, да биде жртва за нашиот грев, та преку Него ние да се здобиеме со Божја праведност.\n= Глава 6 =<sup>1</sup>Ние, во улога на Божји соработници, ве молиме да не ја пропуштите Божјата милосрдна благонаклоност спрема вас,\n<sup>2</sup>зашто Бог вели:\n„Повикај Ме во вистинскиот час\nи Јас ќе ти ја услишам молитвата;\nпобарај Ме во денот кога ти нудам спасение\nи Јас ќе ти помогнам!“\nДенес е вистинскиот час! Денес е денот кога ти нудам спасение!\n12 Тешкотиите со кои се соочувал Павле\n<sup>3</sup>Не даваме повод нашето поведение некого да поколеба да поверува во Господ, затоа се трудиме нашата работа да биде беспрекорна.\n<sup>4</sup>Во сѐ се однесуваме како Божји службеници, стрпливо поднесувајќи ги сите напади, страдања и тешкотии.\n<sup>5</sup>Нѐ тепаат, нѐ ставаат в затвор, креваат бунтови против нас, а ние работиме, минуваме бессони ноќи и гладуваме.\n<sup>6</sup>Се докажувавме преку нашата чистота, знаење, стрпливост, љубезност, преку силата на Светиот Дух и преку нашата искрена љубов.\n<sup>7</sup>Верно ја проповедаме вистината. Божјата сила работи во нас. Праведноста е нашето оружје и за напад и за одбрана.\n<sup>8</sup>Му служиме на Бог без разлика дали луѓето нѐ почитуваат, или нѐ презираат, дали имаат добро или лошо мислење за нас. Ние сме чесни, но тие нѐ нарекуваат измамници.\n<sup>9</sup>Сите знаат за нас, а се однесуваат спрема нас како да не нѐ познаваат. Соочени со смртни закани, а сепак, ете, живи сме. Казнувани сме, но не сме убиени.\n<sup>10</sup>Се обидуваат да нѐ растажат, но ние сепак сме радосни. Сиромашни сме, но на многумина им дадовме духовно богатство. Немаме ништо, а сепак поседуваме сѐ.\n<sup>11</sup>Драги наши пријатели во Коринт, ние искрено ви проговоривме, широко ги отворивме нашите срца.\n<sup>12</sup>Не сме ние затворени спрема вас, туку вие сте затворени спрема нас.\n<sup>13</sup>Како на свои деца ви велам: отворете ги и вие вашите срца спрема нас!\n13 Пазете се од штетни компромиси\n<sup>14</sup>Немојте да се здружувате со неверници! Како може праведен и неправеден да работат заедно? Како може светлината и темнината да живеат заедно?\n<sup>15</sup>Може ли да има слога меѓу Христос и ѓаволот? Каква заедница може да има еден христијанин со безверник?\n<sup>16</sup>Треба ли во Божјиот храм да ставате и идоли? Ние сме храмови на Живиот Бог. Како што Самиот Тој вели за Своите следбеници:\n„Ќе живем во нив,\nќе се движам меѓу нив;\nЈас ќе бидам нивни Бог,\nа тие Мој народ.“\n<sup>17</sup><>Затоа, напуштете ги оние што не Му припаѓаат на Бог,\nодвојте се од нив,' - вели Господ.\n>Не мешајте се со она што е нечисто\nи Јас ќе ве прифатам.'“\n<sup>18</sup><>Ќе ви бидам Татко,\nа вие ќе бидете\nМои синови и ќерки,'\n- вели Семоќниот Господ.“\n= Глава 7 =<sup>1</sup>Драги пријатели, сега кога ги знаеме сите овие ветувања, да се исчистиме од сѐ што може да ги оскверни нашето тело или дух. Да се трудиме, од страхопочит спрема Бог, да стануваме телесно и духовно сѐ почисти, до совршенство.\n14 За односите меѓу апостол Павле и црквата во Коринт\n<sup>2</sup>Направете повеќе место за нас во вашите срца! Ние никого не сме онеправдале, никого не сме завеле, никого не сме измамиле и искористиле.\n<sup>3</sup>Не го велам ова за да ве обвинувам. Вие сте ни толку прираснати за срце што сме готови со вас да го делиме и животот и смртта.\n<sup>4</sup>Имам голема доверба во вас. Се гордеам со вас и навистина сте големо охрабрување за мене. И покрај сите наши тешкотии, мојата радост не знае за граници.\n<sup>5</sup>Откако дојдовме во Македонија, немаме мир. Се соочуваме со неволи од сите страни: однадвор напади, однатре стравови.\n<sup>6</sup>Но Бог, Кој ги охрабрува потиштените, со доаѓањето на Тит ни ја врати храброста.\n<sup>7</sup>Охрабрување за нас беше не само неговото доаѓање, туку и тоа што тој ни го пренесе за вас: како вие него сте го охрабриле, колку сте биле желни да ме видите, колку тагувате и колку ревносно сте приврзани за мене. Тоа уште повеќе ме зарадува.\n<sup>8</sup>Дури и ако сум ве нажалил со претходното писмо што ви го пратив, не се каам што го сторив тоа. Извесно време ми беше жал, зашто тоа писмо привремено ве натажи\n<sup>9</sup>но сега се радувам, не затоа што ве нажалив, туку затоа што тоа ве доведе до покајување. Таа жалост ви е од Бог. Ние со ништо не сакавме да ве повредиме.\n<sup>10</sup>Бог може да ја употреби жалоста во нашите животи за да ни помогне да се оттргнеме од гревот и да бараме спасение. Ако сте доживеале таква жалост, не треба да ви биде криво. Опасна е жалоста што не води кон покајание, бидејќи таа води во смрт.\n<sup>11</sup>Видете колку позитивно се одрази на вас таа жалост од Бога! Ве направи многу поотворени и поревносни да покажете дека не сте виновни. Каква огорченост, каква тревога, каква желба, грижа и решителност да се казни прекршителот! Со сето ова покажавте дека во однос на таа работа вие сте чисти.\n<sup>12</sup>Зашто, кога ви го напишав тоа писмо, не ми беше намерата да го обвинам оној што направил прекршок, ниту да го бранам оној што бил онеправдан. Ви напишав за да ви покаже Бог колку сте приврзани кон нас.\n<sup>13</sup>Тоа навистина нѐ охрабри.\nНе само што ова нѐ охрабри, туку уште повеќе нѐ зарадува тоа што Тит се врати радосен. Сте му покажале дека нема причина да биде загрижен.\n<sup>14</sup>Сето она за што сум ве фалел пред него се потврди како вистина и не ме посрамивте. Секогаш сум ја зборувал вистината за вас, па така и тоа што ве фалев пред Тит се потврди дека е вистина.\n<sup>15</sup>Кога Тит видел колку сте вие послушни, со колкава страхопочит и трепет во срцето сте го пречекале, тој уште повеќе ве засака.\n<sup>16</sup>Многу сум радосен што можам да имам целосна доверба во вас.\n= Глава 8 =\n15 ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ЕРУСАЛИМ\n<sup>1</sup>Драги пријатели христијани во Коринт: сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија.\n<sup>2</sup>Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи.\n<sup>3</sup>Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе.\n<sup>4</sup>Многу нѐ молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим.\n<sup>5</sup>Направија повеќе отколку што очекувавме. Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.\n<sup>6</sup>Затоа го замоливме Тит, кој од порано ја започна оваа служба на милосрдие меѓу вас, да се врати кај вас и да ја доврши.\n<sup>7</sup>Како што вие во многу нешта се истакнувате и имате: вера, проповедници, знаење, сериозен однос, љубов спрема нас, така погрижете се и вашата милосрдна дарежливост да не заостане.\n<sup>8</sup>Ова не е наредба, туку, гледајќи ја ревноста со која другите ѝ пристапуваат на оваа задача, сакам да проверам колку е искрена вашата љубов.\n<sup>9</sup>Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос! Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.\n<sup>10</sup>Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од сѐ срце. Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас.\n<sup>11</sup>Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте. Дајте толку колку што можете.\n<sup>12</sup>Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател. Никој не очекува да дадете нешто што немате.\n<sup>13</sup>Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост.\n<sup>14</sup>Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас.\n<sup>15</sup>Сетете се што пишува во Светото писмо:\n„На оној што собра многу\nништо не му преостана,\nа на оној што собра малку\nсепак, му достаса.“\n16 2) Апостол Павле препорачува хуманитарни работници\n<sup>16</sup>Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.\n<sup>17</sup>Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат!\n<sup>18</sup>Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви.\n<sup>19</sup>Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим. Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме.\n<sup>20</sup>Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да нѐ озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови,\n<sup>21</sup>зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето.\n<sup>22</sup>Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи. Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас.\n<sup>23</sup>Ако некој се распрашува за Тит, кажете му дека тој е мој другар и соработник во мојата служба меѓу вас. Што се однесува до браќата што ќе го придружуваат, тие се претставници на црквите. Тие се прекрасен пример како треба да се работи за слава на Христос.\n<sup>24</sup>Покажете љубов спрема нив, за да видат црквите дека ние со право се гордееме со вас.\n= Глава 9 =\n17 3) Доброволни прилози од Коринт за христијаните во Ерусалим\n<sup>1</sup>Излишно е да ви пишувам дека треба да собираме помош за христијаните во Ерусалим.\n<sup>2</sup>Знам дека вие сте готови да помогнете. Со гордост им зборував на христијаните во Македонија дека вие, христијаните од Ахаја, уште од лани бевте подготвени да дадете доброволни прилози. Токму вашата ревност ги поттикна и нив.\n<sup>3</sup>Затоа сега бидете подготвени, зашто ги испраќам браќата кај вас; да не испадне дека напразно сме ве фалеле!\n<sup>4</sup>Можеби ќе дојдат со мене и неколку Македонци. Ако видат дека вие не сте подготвени, јас би се засрамил, затоа што изразив голема доверба спрема вас. Вие уште повеќе би се засрамиле.\n<sup>5</sup>Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте. Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас.\n<sup>6</sup>Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее!\n<sup>7</sup>Секој нека даде онолку колку што самиот ќе реши, без да му биде жал или сосила да се принудува. Бог ги сака оние што даваат со радост.\n<sup>8</sup>А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од сѐ што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела.\n<sup>9</sup>Како што е напишано во Светото писмо:\n„Дарежливиот човек\nна сиромасите штедро им дава,\nправедноста негова\nќе се памти довека!“\n<sup>10</sup>Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана. А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни.\n<sup>11</sup>Ќе ве направи богати во сѐ, така што уште поштедро ќе можете да давате. Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од сѐ срце да Му се заблагодарат на Бог.\n<sup>12</sup>Зашто, извршувањето на оваа служба, освен што ќе им ги исполни потребите на христијаните во Ерусалим, во исто време ќе поттикне изливи на благодарност спрема Бог.\n<sup>13</sup>Значи, тие ќе Му оддадат слава на Бог благодарение на тоа што вие на дело се докажавте во оваа служба. Тоа ќе им биде доказ дека вие навистина живеете според принципите на Радосната вест од Христос, која вие ја исповедате и поради која толку штедро давате и за нив и за сите.\n<sup>14</sup>Тие со голема љубов ќе се молат за вас, затоа што Бог токму преку вас им покажа колку милосрдно им е благонаклонет.\n<sup>15</sup>А сите ние сме Му благодарни на Бог за Неговиот дар што со зборови не може да се искаже*.\n= Глава 10 =\n18 Павле зборува за овластувањата што ги има од Бог\n<sup>1</sup>Сега јас, Павле, лично ве молам со кроткост и љубезност какви што би покажал Христос, да ме послушате, иако некои од вас зборувале дека сум бил строг, кога сум далеку од вас, а малодушен кога сум кај вас.\n<sup>2</sup>Не би сакал да бидам принуден да покажам строгост спрема оние што тврдат дека нас нѐ водат телесни мотиви.\n<sup>3</sup>Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи.\n<sup>4</sup>Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта\n<sup>5</sup>и ги соборуваме сите зли мудрувања и сѐ друго што ги попречува луѓето да Го запознаат Бога. Ја поразуваме секоја бунтовна човечка мисла и ја учиме да Му биде послушна на Христос.\n<sup>6</sup>Ние сме готови да ги казниме оние што не се послушни во сѐ, но дури откако вие ќе покажете дека сте целосно послушни.\n<sup>7</sup>Многу површно гледате на работите*! Треба да ви биде јасно дека и ние Му припаѓаме на Христос исто толку колку што за себе го тврдат тоа оние што гордо изјавуваат дека се Христови!\n<sup>8</sup>Дури и ако претерано сум го истакнувал авторитетот што Господ ни го даде, јас од тоа не се срамам, бидејќи тоа било за да ве изградуваме, а не да ве уриваме.\n<sup>9</sup>Не сакам да звучи како да се обидувам да ве заплашам со моите писма.\n<sup>10</sup>Слушам дека некои велат за мене: „Неговите писма се сериозни и строги, но кога е овде кај нас, тој е слаб и неговите говори се безвредни!“\n<sup>11</sup>На таквите луѓе им порачуваме дека онакви какви што сме на зборови, во нашите писма, сега кога не сме кај вас, исти такви ќе бидеме и на дела, кога ќе дојдеме кај вас!\n19 Против самофалби\n<sup>12</sup>Ние не се ни осмелуваме да се изедначуваме или споредуваме со оние што имаат толку високо мислење за себе. Тие постапуваат неразумно, зашто се вреднуваат себеси со свои мерки па испаѓа дека се споредуваат сами со себе!\n<sup>13</sup>А ние не сакаме да се фалиме без мера, туку исклучиво според мерката што ни ја даде Бог, а таа мерка е да допреме до сите луѓе, па и до вас.\n<sup>14</sup>Ние не го протегаме своето дејстување на места кои не сме ги досегнале; всушност, ние први стигнавме до вас, проповедајќи ви ја Радосната вест од Христос.\n<sup>15</sup>Така, ние не се фалиме со плодови околу кои други се труделе, туку се надеваме дека вашата вера ќе зајакне, па да можеме и да ја прошириме својата работа во вашиот крај,\n<sup>16</sup>а потоа да ја проповедаме Радосната вест и на други места, подалеку од вас, каде што никој претходно не проповедал. Така нема да може да ни се приговори дека се фалиме со резултати што некој друг ги постигнал.\n<sup>17</sup>Но, Светото писмо вели:\n„Ако некој се фали,\nнека се фали со она што\nГоспод го прави!“\n<sup>18</sup>Зашто кога некој сам себеси се фали, тоа не е вистинска препорака. А кога Господ некого ќе пофали, таквиот навистина е достоен.\n= Глава 11 =\n20 ОДЛИКИ НА ВИСТИНСКИТЕ АПОСТОЛИ\n<sup>1</sup>Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме!\n<sup>2</sup>Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве 'свршив' за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица,\n<sup>3</sup>но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.\n<sup>4</sup>Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака!\n<sup>5</sup>Јас не се сметам за помалку вреден од тие „супер апостоли“.\n<sup>6</sup>Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.\n21 2) Работа без наплаќање\n<sup>7</sup>Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам?\n<sup>8</sup>Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви. Живеев на нивни товар, за да ви служам вам.\n<sup>9</sup>Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност. За моите потреби се погрижија браќата од Македонија. Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар.\n<sup>10</sup>Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја!\n<sup>11</sup>Зошто го велам ова? Зар затоа што не ве сакам? Бог знае дека искрено ве сакам.\n<sup>12</sup>Ќе продолжам и во иднина да работам онака како што работев и досега, за да не им дадам можност на тие други „апостоли“ да се поистоветуваат со нас и да се фалат дака се исти како нас.\n<sup>13</sup>Тие се лажни апостоли! Се служат со измами и се преправаат во апостоли на Христос.\n<sup>14</sup>Немојте да се чудите на ова! И самиот сатана може да се преправа во ангел на светлината!\n<sup>15</sup>Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници направедноста. Но на крајот тие ќе си ја добијат казната што ја заслужиле со своите зли постапки.\n22 3) Голема пожртвуваност\n<sup>16</sup>Ќе повторам: не би сакал никој од вас да смета дека сум неразумен! Но ако е веќе така, ислушајте ме како неразумен, па барем да можам малку сам себеси да се пофалам!\n<sup>17</sup>Самофалбата е нешто што Господ не го сака и затоа се чувствувам неразумно.\n<sup>18</sup>Но кога веќе толку многу луѓе се фалат со своите човечки достигања, ќе се пофалам и јас.\n<sup>19</sup>Впрочем, иако вие се сметате за мудри, со задоволство ги слушате неразумните!\n<sup>20</sup>Не ви пречи кога некој ве третира како робови, ве искористува, ве ограбува, ве понижува и ви удира шлаканици!\n<sup>21</sup>Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни!\nЗнам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас.\n<sup>22</sup>Тие биле Евреи! Па и јас сум! Биле Израелци! Па и јас сум! Биле потомци на Авраам! Па и јас сум!\n<sup>23</sup>Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт!\n<sup>24</sup>Петпати сум камшкуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик!\n<sup>25</sup>Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море.\n<sup>26</sup>Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен на опасности од лажни пријатели.\n<sup>27</sup>Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.\n<sup>28</sup>И покрај сѐ што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви.\n<sup>29</sup>Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?\n<sup>30</sup>Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ.\n<sup>31</sup>Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам.\n<sup>32</sup>Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси.\n<sup>33</sup>Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец,и така му побегнав.\n= Глава 12 =\n23 Апостол Павле говори за виденијата и откровенијата што ги имал\n<sup>1</sup>Иако фалењето не е добро, сакам да ви раскажам за виденијата и откровенијата што ги добив од Господ.\n<sup>2</sup>Пред четиринаесет години бев однесен на третото небо. Дали бев грабнат сосе тело, или само мојот дух, не знам. Тоа Бог го знае.\n<sup>3</sup>Бог знае дали грабнувањето беше сосе тело, или само на духот, но знам дека се случи.\n<sup>4</sup>Бев грабнат и однесен во рајот. Таму чув работи што не можат да се искажат, а и не ми беше дозволено да ги кажувам.\n<sup>5</sup>Со таквото доживување можам да се фалам, а со самиот себе не можам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен.\n<sup>6</sup>Кога би сакал да се фалам, има многу работи со кои би можел да се пофалам, и тоа не би било неразумно, бидејќи е вистина. Но ќе се воздржам од фалење. Не сакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи ме и слушајќи ме.\n<sup>7</sup>Но, за да не станам премногу горделив поради многубројните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото, сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност.\n<sup>8</sup>Трипати во агонија Го молев Господ да ме ослободи од него,\n<sup>9</sup>но Тој ми рече: „Ја имаш Мојата благонаклоност и тоа ти е доволно! Мојата сила најдобро се забележува во твојата немоќ!“ Затоа, смело ја признавам својата немоќ зашто така станува очигледно дека Христова сила работи преку мене.\n<sup>10</sup>Затоа, заради Христос, јас смело ги поднесувам немоќта, навредите, маките, прогоните и тешкотиите. Бидејќи, кога јас сум најнемоќен, Господ преку мене дејствува најмоќно!\n24 Загриженост за христијаните во Коринт\n<sup>11</sup>Почнав неразумно да зборувам, но вие ме принудивте. Вие требаше да ме фалите! Иако и јас сум никој и ништо, сепак во ништо не заостанувам зад тие ваши „големи апостоли“.\n<sup>12</sup>Додека бев кај вас, ви дадов доволно докази дека јас навистина сум апостол испратен од Бог. Со голема стрпливост ви беа покажани многу видливи докази, чуда и големи дела.\n<sup>13</sup>Во што бевте запоставени во споредба со другите цркви, освен што не ви бев на товар и издршка? Простете ми што во тоа сум ве “онеправдал!“\n<sup>14</sup>Еве, готов сум и по третпат да дојдам кај вас. Нема да ви бидам на товар, зашто не барам ништо материјално од вас. Вие сте ми важни. Впрочем, не се децата тие што треба да обезбедуваат храна за родителите, туку обратно: родителите ги хранат децата.\n<sup>15</sup>Од моја страна, јас со задоволство ќе потрошам сѐ што имам, па и самиот себе ќе се потрошам, за да ги нахранам вашите души. Но се чини дека, колку повеќе јас ве засакувам, толку помалку вие мене ме сакате.\n<sup>16</sup>Нека биде така. Ќе се согласите дека со ништо не ви бев на товар. Некој може да рече: „Беше таков за лукаво, со измама да нѐ придобие!“\n<sup>17</sup>Дали јас или некој од оние што ги испраќав кај вас ве искористувале?\n<sup>18</sup>На моја молба Тит дојде кај вас, придружуван уште од еден брат. Зар Тит ве искористуваше? Зар тој не оди по моите стапки? Зар и него не го водат истите мотиви што ме водат и мене?\n<sup>19</sup>Можеби ќе си помислите дека ние сега сакаме да се правдаме пред вас. Не! Ви зборуваме како Христови слуги и знаеме дека Бог нѐ слуша. Сѐ што правиме, драги пријатели, е за да ве изградиме.\n<sup>20</sup>Се плашам дека, кога ќе дојдам кај вас, нема да ве затекнам онакви какви што сакам да бидете, поради што ни јас спрема вас нема да бидам онаков каков што вие би сакале да бидам. Се плашам дека меѓу вас ќе затекнам кавги, љубомора, лутина, соперништво, озборувања, омаловажувања, самобендисаност и безредие.\n<sup>21</sup>Страхувам Бог да не ме посрами пред вас, зашто многу ќе се нажалам поради оние што порано грешеле, а досега не се покајале за неморалот, блудот и развратот што ги направиле.\n= Глава 13 =\n25 Строги предупредувања\n<sup>1</sup>Ова ќе биде третпат како доаѓам кај вас. „Секое обвинение мора да биде потврдено од двајца или тројца сведоци“ - вели Светото писмо.\n<sup>2</sup>Во текот на мојата втора посета ве предупредив, а и сега, кога не сум кај вас, однапред ги предупредувам оние што порано грешеле, а и сите други: кога овојпат ќе дојдам, нема да ве штедам!\n<sup>3</sup>Барате доказ дека преку мене зборува Христос!? Ќе добиете! Тој не е немоќен да излезе на крај со вас! Ви има покажано колку е моќен.\n<sup>4</sup>Кога Христос беше распнат, се чинеше дека е слаб, но Тој е сега жив преку Божјата моќна сила. Така и ние што сме со Него изгледаме слаби, но ние живееме со Него преку Божјата сила, со која ќе истапиме спрема вас.\n<sup>5</sup>Проверете се и проценете дали ја имате вистинската вера! Дали Исус Христос живее во вас? Ако не, вие сте лажни верници!\n<sup>6</sup>Се надевам дека ќе се уверите оти ние не сме лажни верници.\n<sup>7</sup>Му се молиме на Бог да не правите ништо лошо. Не со цел да се докажеме ние, туку за да постапувате правилно вие, па макар и да нѐ сметате за лажни верници.\n<sup>8</sup>Наша должност е никогаш да не ѝ се противставуваме на вистината, туку цврсто да застанеме на нејзина страна.\n<sup>9</sup>Се радуваме кога сте вие силни во верата, па макар да нѐ сметате нас за слаби. Се молиме одново да станете зрели христијани.\n<sup>10</sup>Затоа и ви го пишувам ова, пред да дојдам кај вас, за да не бидам принуден да постапам строго кога ќе дојдам, употребувајќи ја власта што ми е дадена од Господ. Зашто таа власт ми е дадена за да изградувам, а не да уривам.\n26 Поздрави и благослов\n<sup>11</sup>На крајот, драги пријатели христијани, сакам да бидете радосни. Стремете се кон духовна зрелост, охрабрувајте се еден со друг, трудете се да живеете во слога и мир. Тогаш Бог, Кој е извор на љубов и мир ќе биде со вас.\n<sup>12</sup>Поздравете се меѓусебно со изрази на искрена љубов. Ве поздравуваат сите овдешни христијани.\n<sup>13</sup>А сега, над секој од вас нека бдеат милостивата благонаклоност на нашиот Господ Исус Христос, Божјата љубов и пријателската придружба на Светиот Дух!", "subject": ["Библија (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%82_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 6792, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8817", "title": "Едгар Алан По", "text": "Едгар Алан По (англиски: Edgar Allan Poe, 19 јануари 1809 - 7 октомври 1849) — американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Најпознат по своите мистериозни и раскази за макабрата, По е еден од првите американски писатели на раскази и се смета за творец на детективската и криминалистичката проза. Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика.[1]. Тој е првиот познат американски писател кој живеел само од пишување, што се резултирало во финансиски тежок живот и кариера.\n1 Творештво\n1.1 Поезија\n* „Гарванот“\n* „Песна“\n* „Во сонот“\n* „Сон“\n* „Најсреќниот ден - најсреќниот час“\n* „Езеро: На...“\n* „На...“\n* „На реката“\n* „На“\n* „Кон Елена“\n* „Израфел“\n* „Градот во морето“\n* „Ленора“\n* „Колосеум“\n* „На онаа во рајот“\n* „Химна“\n* „Палата на сеништата“\n* „Земја на соништата“\n* „Јулејли“\n* „Јулалум“\n* „Елдорадо“\n* „На мајка ми“\n* „Анабел Ли“\n* „Ѕвона“", "subject": ["Едгар Алан По"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%B3%D0%B0%D1%80_%D0%90%D0%BB%D0%B0%D0%BD_%D0%9F%D0%BE", "word_count": 138, "cyrillic": 0.977}
{"id": "7660", "title": "Естер (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Симнување од престолот на царицата Вашти.\n<sup>1</sup>Беше тоа во времето на Ксерксес, оној Ксерксес што владееше од Индија, па сѐ до Куш, со сто дваесет и седум области.\n<sup>2</sup>Во тоа време царот Ксерксес владееше од својот царски престол во престолнината Суса.\n<sup>3</sup>Во третата година на неговото владеење приреди гозба за сите негови благородници и службеници. Присутни беа воените старешини на Персија и Медија, кнезовите и благородниците од сите области.\n<sup>4</sup>Кога го покажа неизмерното богатство на своето царство, сјајот и славата на неговото величество, а тоа траеше многу денови, сто и осумдесет на број,\n<sup>5</sup>и кога завршија овие денови, приреди царот седумдневна гозба во предворјето на градината на царската палата за сите луѓе што се затекнаа во градот Суса, од најголемиот па сѐ до најмалиот.\n<sup>6</sup>Бели и сини ленени платна беа закачени со јажиња од бел и пурпурен лен, на алки од сребро и столбови од мермер. Златни и сребрени легла беа поставени врз подот поплочен со порфир, мермер, седеф и скапоцени камења.\n<sup>7</sup>Се служеше вино во златни бокали, секој бокал различен од другите, царско вино изобилно, според дарежливоста на царот.\n<sup>8</sup>Пиењето беше без принуда, според наредбата на царот, зашто тој им беше наредил на сите кои служеа вино во неговиот дворец, на секој човек да му налеваат толку колку што тој сака.\n<sup>9</sup>И царицата Вашти приреди гозба за жените во царскиот дворец на царот Ксерксес.\n<sup>10</sup>На седмиот ден, кога царот добро се беше орасположил од виното, им нареди на Мехуман, Бизта, Харвона, Бигта, Авагта, Зетар и Каркас, седуммината евнуси кои служеа пред царот Ксерксес,\n<sup>11</sup>да ја доведат царицата Вашти пред царот со царската круна на глава, за да им ја покаже на луѓето и благородниците нејзината убавина, зашто таа беше многу убава.\n<sup>12</sup>Но царицата Вашти одби да дојде, како што ѝ беше наредено од царот, преку неговите слуги. Царот силно се разгневи и неговата лутина се разгоре во него.\n<sup>13</sup>Тогаш им проговори царот на мудреците, луѓето кои ги разбираа времињата, зашто така правеше царот постојано и се советуваше со оние кои ги познаваа законите и правото.\n<sup>14</sup>А до него беа: Каршена, Шетар, Адмата, Таршиш, Мерес, Марсена и Мемухан, седуммина благородници од Персија и Медија, луѓе кои имаа пристап до царот и кои беа на највисоки места во царството.\n<sup>15</sup>„Што според законот треба да ѝ сторам на царицата Вашти, зашто таа не се потчини на наредбата на царот Ксерксес, пренесена од евнусите?“\n<sup>16</sup>Тогаш одговори Мемухан пред царот и пред благородниците: „Она што го направи царицата Вашти не е само против царот, туку и против сите благородници и против сите луѓе кои живеат во областите на царот Ксерксес,\n<sup>17</sup>оти ќе се расчуе за таа постапка на царицата и сите жени ќе ги презираат своите мажи. Ќе велат: ’Царот Ксерксес наредил да ја доведат царицата Вашти пред него, но таа не дошла.'\n<sup>18</sup>Уште денеска жените на благородниците на Персија и Медија кои слушнале за оваа постапка на царицата, истото ќе им го направат на своите мажи, па на непочитувањето и расправиите крај ќе им нема.\n<sup>19</sup>Затоа, ако му е така угодно на царот, нека издаде неотповиклив царски указ и нека биде запишано во законите на Персија и Медија, Вашти веќе никогаш да не смее да се појави во присуство на царот Ксерксес, а нејзиното царско место нека ѝ го додели царот на некоја друга жена, подобра од неа.\n<sup>20</sup>Кога ќе се расчуе за указот на царот, кој ќе биде разгласен низ целото царство, кое ете е многу големо, сите жени ќе ги почитуваат своите мажи, од најголемиот па сѐ до најмалиот.“\n<sup>21</sup>Им се допадна овој совет на царот и на благородниците, и царот постапи според препораката на Мемухан.\n<sup>22</sup>Тогаш испрати царот проглас до сите царски области, до секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик, разгласувајќи секому на неговиот сопствен говор дека секој маж треба да биде господар во својот дом.\n= Глава 2 =\n2 Естер станува царица.\n<sup>1</sup>После овие настани, откако стивна гневот на царот Ксерксес, се сети на Вашти, на она што таа го стори и на она што беше наредено во врска со неа.\n<sup>2</sup>Тогаш предложија придружниците на царот, оние кои го служеа: „Нека се побараат за царот убави млади девојки, девици.\n<sup>3</sup>Нека назначи царот луѓе задолжени за таа работа во сите области на неговото царство и нека ги донесат сите убави млади девици во престолнината Суса, во харемот под управа на царскиот евнух Хегај, кој е задолжен за жените, и да им се даде сѐ што им треба за разубавување.\n<sup>4</sup>Тогаш онаа девојка која ќе му се допадне на царот нека биде царица наместо Вашти.“ Му се допадна овој совет на царот и тој така и направи.\n<sup>5</sup>А имаше во престолнината Суса еден човек, Евреин од племето Венијаминово, Мордахај му беше името, син на Јаир, син на Шимеј, син на Киш.\n<sup>6</sup>Тој беше одведен од Ерусалим заедно со заробениците кои беа одведени со Јехонија, царот на Јуда, а кои ги зароби вавилонскиот цар Невухаднессар.\n<sup>7</sup>Тој ја беше посвоил Хадаса, а таа е Естер, ќерката на неговиот чичко, бидејќи таа немаше ни татко ни мајка. Девојката беше нежна и убава во ставата. Кога умреа татко ѝ, и мајка ѝ, ја посвои Мордахај и му стана ќерка.\n<sup>8</sup>Кога се расчу наредбата на царот и неговиот указ, и кога беа доведени многу девојки во престолнината Суса под управа на Хегај, и Естер беше одведена во царскиот дворец под управа на Хегај, оној кој беше задолжен за жените.\n<sup>9</sup>Му се допадна девојката и ја доби неговата наклоност, па веднаш ѝ даде сѐ што ѝ требаше за дотерување. Ѝ обезбеди посебна храна и седум слугинки избрани и доделени од царскиот дворец, па ја пресели неа и нејзините слугинки во најдобриот дел од харемот.\n<sup>10</sup>Естер не откри од кој народ е и од кое семејство, зашто Мордахај ѝ беше заповедал да не открива.\n<sup>11</sup>Секој ден Мордахај одеше близу до дворот на харемот, за да дознае како е Естер и што се случува со неа.\n<sup>12</sup>Пред да дојде редот на една девојка да оди кај царот Ксерксес, требаше да помине дванаесет месеци во дотерување, како што беше пропишано за жените, шест месеци со миртово масло и шест месеци со мириси и женска козметика.\n<sup>13</sup>Вака одеше девојката кај царот: Сѐ што сакаше од харемот ѝ се даваше за да го понесе со себе во царскиот дворец.\n<sup>14</sup>Вечерта одеше, а наутро се враќаше во харемот, во друг дел под управа на царскиот евнух Шаашгаз, кој беше задолжен за наложниците. Не се враќаше повторно кај царот, освен ако царот не беше задоволен со неа и не ја повикаше по име.\n<sup>15</sup>Кога дојде ред кај царот да оди Естер, ќерката на Авихаил, чичкото на Мордахај, која тој ја беше посвоил, таа не побара ништо друго, освен она што ѝ препорача царскиот евнух Хегај, оној што беше задолжен за жените, и Естер им се допадна на сите што ја видоа.\n<sup>16</sup>Естер беше одведена кај царот Ксерксес, во неговиот царски дворец, во десеттиот месец, а тоа е месецот тевет, во седмата година од неговото владеење.\n<sup>17</sup>Естер го привлече царот повеќе од која било друга жена, и се здоби со неговата наклоност, му прирасна за срце повеќе од било која друга девица, па ѝ стави царска круна на главата и ја направи царица наместо Вашти.\n<sup>18</sup>Приреди царот голема гозба за сите благородници и негови службеници, гозба во чест на Естер. Тој ден беше прогласен за празник низ сите области и беа поделени дарови, според дарежливоста на царот.\n3 Мордекај го открива заговорот.\n<sup>19</sup>А кога по втор пат се собраа девиците, тогаш Мордахај седеше пред царската порта.\n<sup>20</sup>Естер не откри од кое семејство е и од кој народ, токму онака како што ѝ беше рекол Мордахај, и таа ги слушаше неговите упатства исто како и кога живееше кај него.\n<sup>21</sup>Во текот на деновите кога Мордахај седеше пред царската порта, се налутија Бигтан и Тереш, двајца царски старешини, стражари пред влезот и направија заговор да дигнат рака на Ксерксес.\n<sup>22</sup>Но овој заговор беше откриен од Мордахај и тој ѝ кажа за тоа на царицата Естер, а царицата Естер му пренесе за тоа на царот од името на Мордахај.\n<sup>23</sup>Тогаш ова беше испитано и се разоткри заговорот, па ѝ двајцата беа обесени на бесилка, а ова, во присуство на царот, беше запишано во летописите на тоа време.\n= Глава 3 =\n4 Хаман сака да ги уништи Евреите.\n<sup>1</sup>После овие настани, царот Ксерксес му направи чест на Хаман, син на Хамедата, Агагиец, и го воздигна. Му даде место највисоко од сите благородници кои беа со него.\n<sup>2</sup>Сите царски службеници кои беа крај царската порта клечеа на колена и му правеа чест на Хаман, зашто така беше заповедал за него царот. Но Мордахај не клечеше и не му правеше чест.\n<sup>3</sup>Тогаш царските службеници кои беа крај царската порта го прашаа Мордахај: „Зошто ти не се покоруваш на царската наредба?“\n<sup>4</sup>И откако така му зборуваа ден за ден, а тој не се расправаше со нив, му кажаа на Хаман да види до кога ќе се трпи таквото однесување на Мордахај, зашто тој им беше кажал дека е Евреин.\n<sup>5</sup>Кога виде Хаман дека Мордахај не клечи на колена и не му прави чест, се исполни Хаман со бес.\n<sup>6</sup>Малку му се виде да прати човек за да го убие Мордахај, а му беа кажале од кој народ е Мордахај, затоа Хаман гледаше како да ги уништи сите Евреи, народот на Мордахај, во целото царство на Ксерксес.\n<sup>7</sup>Во дванаесеттата година на царот Ксерксес, во првиот месец, а тоа е месецот нисан, фрли тој пур, а тоа е жрепка. Фрлена беше жрепка во присуство на Хаман, за секој ден и за секој месец, сѐ до дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.\n<sup>8</sup>Тогаш Хаман му рече на царот Ксерксес: „Има еден народ, распрснат и расселен меѓу народите во сите области од вашето царство. Нивните обичаи се разликуваат од обичаите на сите други народи, на царските закони не се потчинуваат и на царот не му е од полза да ги трпи.\n<sup>9</sup>Ако му е по волја на царот, нека нареди да бидат уништат. Десет илјади таланти сребро приложив во царската ризница, ги предадов во рацете на оние кои треба да ја извршат оваа работа.“\n<sup>10</sup>Го симна царот прстенот-печат од рака и му го даде на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, непријателот на Евреите,\n<sup>11</sup>и му рече царот на Хаман: „Парите задржи си ги, а со народот прави како што сметаш за исправно.“\n<sup>12</sup>Тогаш, во тринаесеттиот ден од првиот месец, беа повикани царските записничари, и беше запишано сѐ што им нареди Хаман на царските сатрапи, на управниците над сите области, на благородниците од сите народи, за секоја област со нејзиното писмо, за секој народ на неговиот јазик. Во името на царот Ксерксес беше запишано и запечатено со царскиот прстен-печат.\n<sup>13</sup>Испратија писма преку гласници до сите царски области да се уништи, да се убие и истреби секој Евреин од младо до старо, и дете и жена, за само еден ден, на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, и нивните имоти да се разграбаат.\n<sup>14</sup>Препис од овој указ да се донесе како закон во сите области и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени за тој ден.\n<sup>15</sup>Излегоа гласниците потерани од царската наредба и указот беше издаден во престолнината Суса. Царот и Хаман седнаа да пијат, а во престолнината Суса настана забуна.\n= Глава 4 =\n5 Мордахај ја преколнува Естер за помош.\n<sup>1</sup>Кога дозна Мордахај што сѐ се беше случило, ја раскина Мордахај облеката своја, стави врз себе вреќиште и пепел посипа, излезе среде градот и плачеше, липаше силно и горчливо.\n<sup>2</sup>Тој стигна само до пред царската порта, зашто никој облечен во вреќиште не смееше да влезе во царската порта.\n<sup>3</sup>Во секоја област, во секое место каде што царскиот указ беше донесен, жалост голема настана меѓу Евреите со пост и плак и лелек. Вреќишта ставија врз себе многумина и пепел посипаа.\n<sup>4</sup>Кога дојдоа слугинките на Естер, и евнусите, и ѝ кажаа, царицата многу се натажи. Испрати облеки да му облечат на Мордахај и да го соблечат од него вреќиштето, но тој не прифати.\n<sup>5</sup>Тогаш Естер го викна Хатах, еден од царските евнуси кој ѝ беше доделен, и му нареди да открие што станува со Мордахај и зошто така се однесува.\n<sup>6</sup>Излезе Хатах и отиде кај Мордахај, на градскиот плоштад пред царската порта.\n<sup>7</sup>Мордахај му раскажа за сѐ што се беше случило и му го кажа точниот износ на пари кој му го ветил Хаман на царот за царската ризница, за да ги уништи Евреите.\n<sup>8</sup>Му го даде и преписот од указот кој беше издаден во Суса, за нивно искоренување, за да ѝ го покаже на Естер и да ѝ објасни, да ѝ каже веднаш да оди кај царот и да моли за милост, да се заложи пред него за својот народ.\n<sup>9</sup>Се врати Хатах, и ѝ ги пренесе на Естер зборовите на Мордахај.\n<sup>10</sup>Тогаш Естер му кажа на Хатах што да му пренесе на Мордахај:\n<sup>11</sup>„Сите службеници на царот, сите луѓе од царските области знаат дека ако било кој маж или жена пријде кај царот во внатрешниот двор, без да биде повикан, законот вели да биде убиен, освен ако царот не го допре со својот златен жезол, та да преживее. А јас не сум повикана да одам кај царот има веќе ете триесет дена.“\n<sup>12</sup>Тогаш му ги пренесе на Мордахај зборовите на Естер.\n<sup>13</sup>Одговори Мордахај, и ѝ возврати на Естер: „Немој да си мислиш во себе дека единствено ти, од сите Евреи, ќе се извлечеш само затоа што си во царскиот дом.\n<sup>14</sup>Ако ти сега премолчиш, ако во ова време ништо не сториш, ќе се најде за Евреите спас и избавување од друго место. Но ти и семејството на твојот татко ќе изгинете. Кој знае, можеби токму за едно вакво време ти стана царица.“\n<sup>15</sup>Тогаш одговори Естер и му испрати порака на Мордахај:\n<sup>16</sup>„Оди, собери ги сите Евреи што се наоѓаат во Суса и постете за мене! Не јадете и не пијте три дена и три ноќи, а јас и моите слугинки исто така ќе постиме! Потоа јас ќе одам кај царот, иако тоа не е по законот, па ако погинам, нека погинам.“\n<sup>17</sup>Излезе Мордахај и направи сѐ онака како што му беше кажала Естер.\n= Глава 5 =\n6 Естер го моли царот.\n<sup>1</sup>На третиот ден облече Естер царска облека и застана во внатрешниот двор на царскиот дворец, пред царскиот дом, а царот седеше на својот царски престол, во царскиот дом, токму наспроти влезот.\n<sup>2</sup>Кога царот ја виде царицата Естер како стои во предворјето, му се допадна, па го зеде царот златниот жезол в рака, пријде кон Естер и ја допре со врвот на жезолот.\n<sup>3</sup>Тогаш тој ја праша: „Што е царице Естер? Што бараш? И да е до половината царство - ќе ти биде дадено.“\n<sup>4</sup>А Естер одговори: „Ако му е така угодно на царот, нека дојде денеска царот, заедно со Хаман, на гозбата што јас ја приредив за него.“\n<sup>5</sup>Царот одговори: „Брзо доведете го Хаман, за да ја исполниме желбата на Естер!“ И така царот и Хаман отидоа на гозбата што ја приреди Естер.\n<sup>6</sup>Пиејќи вино, царот ја праша Естер: „Кажи што бараш и ќе ти биде дадено? Каква е твојата молба? И да е до половината царство - ќе ти биде исполнето.“\n<sup>7</sup>Тогаш одговори Естер и рече: „Мојето барање и молба е\n<sup>8</sup>ако сум нашла милост во очите на царот и ако на царот му е угодно да ме награди и моето барање и молба да ги удоволи, да дојде царот со Хаман и утре на гозбата што ќе ја приредам за нив. Тогаш ќе одговорам на прашањето на царот.“\n7 Бесот на Хаман против Мордахај.\n<sup>9</sup>Излезе Хаман тој ден среќен и развеселен, но кога го виде Хаман Мордахај покрај царската порта, и тој не стана и не покажа страв од него, се исполни Хаман со бес против Мордахај.\n<sup>10</sup>Се воздржа Хаман и си отиде дома. Ги викна кај себе своите пријатели и својата жена Зереш.\n<sup>11</sup>Им се испофали Хаман за своето огромно богатство, за своите многу синови, и сета чест што му ја направи царот и како го воздигна над сите благородници и службеници царски.\n<sup>12</sup>А исто така кажа: „Никој друг не повика царицата Естер на гозба со царот, туку само мене. И утре сум поканет од неа, заедно со царот.\n<sup>13</sup>Но сето тоа не ме прави среќен, сѐ додека го гледам Евреинот Мордахај како седи пред царската порта.“\n<sup>14</sup>Тогаш жена му Зереш и сите негови пријатели му рекоа: „Направи бесилки, педесет лакти високи, и утре побарај од царот да го обеси Мордахај на нив. Потоа оди со царот среќен на вечера.“ Ова му се допадна на Хаман и тој направи бесилки.\n= Глава 6 =\n8 На Мордахај му се прави чест.\n<sup>1</sup>Таа ноќ сонот му побегна на царот, па нареди да ја донесат книгата на летописите од тоа време и да му читаат од неа.\n<sup>2</sup>И се најде запишано дека Мордахај ги раскринка Бигтана и Тереш, двајцата царски старешини и стражари пред портата, кои спремаа заговор да дигнат рака на Керксес.\n<sup>3</sup>Тогаш царот праша: „Каква чест му беше направена на Мордахај и какво признание му беше дадено за ова?“, а луѓето околу царот, оние кои го служеа одговорија: „За него ништо не е сторено.“\n<sup>4</sup>Царот рече: „Кој е во дворот?“, тогаш Хаман влезе во предворјето на царскиот дом, за да му зборува на царот да го обеси Мордахај на бесилките што ги подигна за него.\n<sup>5</sup>Слугите на царот му оговорија: „Ете го Хаман стои во дворот.“ Царот нареди да влезе.\n<sup>6</sup>Кога влезе Хаман, царот го праша: „Што да стори царот за човек од кого е задоволен, каква чест да му направи?“, а Хаман си помисли во себе: „На кого друг царот би му правел чест, освен мене?“\n<sup>7</sup>Па му одговори Хаман на царот: „На оној човек од кого царот е задоволен и сака да му направи чест,\n<sup>8</sup>нека му донесат царска облека, онаа царот што ја носи, и коњот царот што го јава, оној што има царска грива на главата.\n<sup>9</sup>Нека ја предаде облеката и коњот во рацете на еден од благородните царски кнезови, па нека го облече човекот со кого царот е задоволен и сака да му направи чест. Потоа нека го води качен на коњ низ улиците на градот и нека разгласува пред него: ’Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.'“\n<sup>10</sup>А царот му нареди на Хаман: „Брзо оди, земи ја облеката и коњот, како што ми советуваше и сето ова направи му го на Евреинот Мордахај, оној што седи пред царската порта. Ништо да не заборавиш од сето ова што ми го препорача.“\n<sup>11</sup>И така, ја зеде Хаман облеката и коњот, го облече Мордахај, го качи на коњот и го водеше по улиците, викајќи пред него: „Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.“\n<sup>12</sup>Потоа Мордахај се врати кај царската порта, а Хаман оттрча дома натажен и со покриена глава,\n<sup>13</sup>и им рече Хаман на својата жена Зереш и на сите негови пријатели што му се беше случило. Неговите советници и неговата жена Зереш му одговорија: „Штом Мордахај, оној пред кого си почнал да паѓаш, е потомок на Евреите, нема да можеш да истраеш против него. Ќе бидеш уништен, сигурно ќе бидеш уништен пред него.“\n<sup>14</sup>Додека сѐ уште зборуваа со него, царските евнуси пристигнаа и побрзаа да го одведат Хаман на гозбата што ја приредуваше Естер.\n= Глава 7 =\n9 Обесувањето на Хаман.\n<sup>1</sup>Отидоа царот и Хаман да се гостат со царицата Естер.\n<sup>2</sup>На вториот ден, пиејќи вино, царот повторно ја праша Естер: „Кажи што бараш царице Естер и ќе ти биде дадено? Кажи ја твојата молба и ако е и до половината царство - ќе ти биде исполнето?“\n<sup>3</sup>Тогаш одговори царицата Естер и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи царе, и ако на царот така му е угодно, подари ми го мојот живот, тоа ми е барањето и поштеди го мојот народ, тоа ми е молбата.\n<sup>4</sup>Продадени сме, јас и мојот народ, за да нѐ уништат, да нѐ исколат и да нѐ истребат. Ако како робови и робинки бевме продадени, јас ќе си молчев, зашто не вреди за такво нешто царот да се вознемирува.“\n<sup>5</sup>Тогаш праша царот Ксерксес, и ѝ рече на царицата Естер: „Кој е тој, каде е тој чие срце можело да направи такво нешто?“\n<sup>6</sup>А Естер рече: „Човекот кој е наш противник и непријател е овој злобен Хаман.“ Тогаш Хаман се стресе од страв пред царот и пред царицата.\n<sup>7</sup>Царот стана бесно од пиењето вино и отиде во градината на дворецот, а Хаман остана да ја моли царицата Естер за својот живот, сфаќајќи дека царот веќе му ја беше решил судбината.\n<sup>8</sup>Кога царот се врати од градината на дворецот во просторијата за гозби, каде што пиеше вино, Хаман падна врз леглото каде што лежеше Естер, а царот извика: „Зарем и на царицата ќе ѝ досадуваш, додека сум јас присутен!?“ Само што зборот излета од устата на царот, на Хаман му го покрија лицето.\n<sup>9</sup>Тогаш Харвона, еден од царските евнуси рече: „Видете, бесилките што ги направи Хаман за Мордахај, оној кој проговори и му помогна на царот, стојат пред домот на Хаман високи педесет лакти.“ А царот рече: „На нив обесете го!“\n<sup>10</sup>Така Хаман го обесија на бесилките кои тој ги направи за Мордахај, а гневот на царот се смири.\n= Глава 8 =\n10 Царскиот указ во корист на Евреите.\n<sup>1</sup>Уште истиот ден царот Ксерксес ѝ го даде на царицата Естер целиот имот на Хаман, непријателот на Евреите, а Мордахај дојде пред царот, зашто Естер кажа што ѝ е тој.\n<sup>2</sup>Го зеде царот прстенот-печат, што го беше одзел од Хаман и му го даде на Мордахај, а Естер го назначи Мордахај да раководи со имотот на Хаман.\n<sup>3</sup>Естер повторно му се помоли на царот и падна пред неговите стапала. Плачеше и молеше да го сопре злото на Хаман Агагиецот и она што тој го кроеше против Евреите.\n<sup>4</sup>Тогаш царот го протегна до Естер својот златен жезол, па се дигна Естер, застана пред царот\n<sup>5</sup>и рече: „Ако му е на царот така угодно и ако јас сум нашла милост пред него, ако е ова исправно според царот и јас сум нашла наклоност во неговите очи, нека се напише наредба со која се поништуваат писмата на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, кои тој ги напиша за да се уништат Евреите кои живеат во сите области на царот.\n<sup>6</sup>Зашто како можам јас да поднесам да го гледам тоа страшно зло што ќе падне на мојот народ, и како можам да поднесам да го гледам уништувањето на моето семејство.“\n<sup>7</sup>Тогаш царот Ксерксес им одговори на царицата Естер и на Евреинот Мордахај: „Ете, имотот на Хаман ѝ го дадов на Естер, а него го обесија на бесилки, зашто тој дигна рака на Евреите.\n<sup>8</sup>Сега вие напишете во корист на Евреите сѐ што сметате за потребно, нека биде тоа од името на царот и запечатете го со царскиот печат, зашто она што ќе се напише во името на царот и ќе се запечати со царски печат, не може да биде отповикано.“\n<sup>9</sup>И така, на дваесет и третиот ден од третиот месец, а тоа е месецот сиван, повикани беа царските записничари и беше запишано сѐ што Мордахај им нареди во врска со Евреите на сатрапите, на управителите и на благородниците во областите, од Индија па сѐ до Куш, сто дваесет и седум области, на секоја област со нејзиното писмо, на секој народ на неговиот јазик, и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.\n<sup>10</sup>И беше запишано од името на царот Ксерксес и беше запечатено со царскиот прстен-печат, па испратија писма преку гласници, кои јаваат на брзи царски коњи, одгледани во коњушници.\n<sup>11</sup>Тогаш царот им дозволи на Евреите во сите градови да се соберат и да се заштитат. Да ги убијат, уништат и истребат сите вооружени војски од народите и областите кои ќе ги нападнат нив, нивните деца и жени, а нивните имотите да ги ограбат,\n<sup>12</sup>и тоа во ист ден во сите области на царот Ксерксес, во тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.\n<sup>13</sup>Препис од овој указ да се донесе како закон во секоја област и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени Евреите за тој ден и да им се одмаздат на своите непријатели.\n<sup>14</sup>Излегоа гласниците јавајќи на царските коњи, брзајќи потерани од царската наредба, а указот беше издаден во престолнината Суса.\n<sup>15</sup>Мордахај си замина од кај царот во царска наметка, сина и бела, голема круна од злато и долга наметка од нежно ленено платно и пурпур, а градот Суса се радуваше и славеше.\n<sup>16</sup>За Евреите настапи време на среќа и радост, задоволство и чест.\n<sup>17</sup>Во секоја област, во секој град, во секое место каде што пристигнуваше царскиот указ, радост и задоволство се ширеше меѓу Евреите, славје и веселба. И многу луѓе од останатите народи станаа Евреи, затоа што ги беше фатил страв од Евреите.\n= Глава 9 =\n11 Победа на Евреите.\n<sup>1</sup>На тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, кога требаше царскиот указ и неговата наредба да бидат извршени, тогаш кога непријателите на Евреите се надеваа дека ќе ги надвијат, сега ова се сврте и Евреите дигнаа рака на оние што ги мразеа.\n<sup>2</sup>Се собраа Евреите по градовите во сите области на царот Ксерксес за да тргнат против оние кои го бараа нивното уништување. И ниту еден човек не можеше да им се спротивстави, зашто силен страв ги беше фатил сите народи од нив.\n<sup>3</sup>Сите благородници во областите, сатрапите, управителите и оние што ги спроведуваа царските работи им помагаа на Евреите, зашто страв ги беше фатил од Мордахај,\n<sup>4</sup>зашто истакнат беше Мордахај во царскиот дворец и угледот негов се прошири низ сите области, зашто човекот Мордахај стануваше сѐ посилен и посилен.\n<sup>5</sup>И така Евреите ги поразија сите нивни непријатели, прободувајќи ги со меч, убивајќи ги и уништувајќи ги, а на оние што ги мразеа им направија сѐ што сакаа.\n<sup>6</sup>Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи.\n<sup>7</sup>Исто и во Першандата, Делфон и Аспата,\n<sup>8</sup>во Пората, Адалиа и Аридата,\n<sup>9</sup>во Пармашта, Арисај, Аридај и Ваизата.\n<sup>10</sup>Ги убија десетте синови на Хаман, синот на Хамедата и непријателот на Евреите, но на ограбено рака не ставија.\n<sup>11</sup>Истиот ден се изнесе пред царот бројот на погубените во престолнината Суса,\n<sup>12</sup>па царот ѝ рече на царицата Естер: „Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи и десетмината синови на Хаман. Што направија во останатите царски области? Кажи сега што бараш и ќе ти биде дадено. Кажи ја твојата молба и ќе ти биде исполнета.“\n<sup>13</sup>А Естер одговори: „Ако му е по волја на царот, нека им биде даден на Евреите кои се во Суса и утрешниот ден за да го исполнат указот, а десетмината синови на Хаман нека ги обесат на бесилките.“\n<sup>14</sup>И така царот нареди ова да се изврши, па беше издаден указ во Суса и десетмината синови на Хаман беа обесени.\n<sup>15</sup>Се собраа сите Евреи кои беа во Суса на четиринаесеттиот ден од месецот адар и убија во Суса триста мажи, но на ограбено рака не ставија.\n<sup>16</sup>А останатите Евреи кои беа во царските области се собраа за да се заштитат и да се ослободат од нивните непријатели, да ги убијат оние што ги мразат, седумдесет и пет илјади, но на ограбено рака не ставија.\n<sup>17</sup>Бидна тоа на тринаесеттиот ден од месецот адар, а на четиринаесеттиот се одморија и го направија тој ден - ден за прослава и радост.\n12 Прославување на Пурим.\n<sup>18</sup>Но Евреите кои беа во Суса се собраа и на тринаесеттиот и на четиринаесеттиот ден, па се одморија на петнаесеттиот ден и него го направија ден за прослава и радост.\n<sup>19</sup>Затоа Евреите селани, оние што живеат во неутврдени градови и селски области го слават четиринаесеттиот ден од месецот адар, се радуваат и се веселат и тој ден им е за правење добри дела и давање подароци на своите пријатели.\n<sup>20</sup>Ги запиша овие настани Мордахај и испрати писма до сите Евреи кои се во сите области на царот Ксерксес, блиски и далечни,\n<sup>21</sup>за да им наложи секоја година да го слават четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден од месецот адар.\n<sup>22</sup>Зашто тие се деновите кога се ослободија Евреите од нивните непријатели, тоа е месецот кој се претвори од тага во радост, од жалост во славје. Нека пазат на тие денови на веселба и радост, да даваат подароци во храна еден на друг и дарови за сиромашните!\n<sup>23</sup>Се согласија Евреите и почнаа да слават, како што им беше напишал Мордахај,\n<sup>24</sup>оти Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот и непријателот на сите Евреи спремаше завера против Евреите, за да ги уништи. Фрли пур, а тоа значи жрепка, за сосема да ги уништи.\n<sup>25</sup>Но кога таа завера стаса пред царот, тој написмено нареди сето зло што тој го спремаше против Евреите да му се врати на глава, да го обесат и него и неговите синови на бесилки.\n<sup>26</sup>Затоа овие денови се нарекуваат Пурим, од зборот пур. Затоа, заради сите зборови кои во ова писмо беа запишани, заради сѐ што видоа и што им се случи,\n<sup>27</sup>го востановија Евреите и го прифатија, тие и нивните наследници и сите оние кои ќе им се приклучат. И не треба да го пропуштаат, туку да пазат на него, да го слават секоја година на овие два дена, како што им беше пропишано и востановено за нив тоа време.\n<sup>28</sup>А овие денови треба да се памтат и да се пазат во секое поколение, во секое семејство, во секоја област и во секој град. Деновите на Пурим никогаш да не престанат меѓу Евреите, во нивното сеќавање, ниту да одумрат меѓу нивните наследници.\n<sup>29</sup>Така напиша царицата Естер, ќерката на Авихаил и Евреинот Мордахај, со целата власт што ја имаше, за да се потврди ова второ писмо за Пурим.\n<sup>30</sup>И испрати писма до сите Евреи во сто дваесет и седумте области на царството на Ксерксес, испрати зборови на добра волја и охрабрување,\n<sup>31</sup>за да се востановат овие денови на Пурим, како што им беше одредено времето, токму онака како што пропиша за нив Евреинот Мордахај и царицата Естер, и токму онака како што си беа востановиле за себе и за своите наследници времиња за постење и жалост.\n<sup>32</sup>Указот на Естер ги потврдува правилата за Пурим и влегува во записот.\n= Глава 10 =\n13 Големината на Мордахај.\n<sup>1</sup>И наложи царот Ксерксес данок за целото свое царство, сѐ до морските брегови.\n<sup>2</sup>А сите дела на сила и моќ, заедно со големината на Мордахај, кого царот го воздигна, зарем не се запишани во книгата на летописите на царевите од Медија и Персија?\n<sup>3</sup>Ете, Евреинот Мордахај стана втор до царот Ксерксес и возвеличен меѓу Евреите, ценет од многумината свои пријатели, оној што работи за доброто на својот народ и зборува во корист на сите свои роднини.\n14 Забелешки", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 5055, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8883", "title": "Мирка на Гинови", "text": "Мили боже, дал' ослепе,\nтоа чудо да не видеш,\nкак' ја мачат таа жена,\nкак' ѝ вадат нежна душа?\nМирка, мајко, на Гинови,\nроса в' темна зандана,\nрано очи ѝ затворија,\nруба, мајко, ѝ запалија.\nНиз планини тажен одам,\nв' далечини песна слушам,\nтемно пиле жално пее,\nниз Почепската корија.\nМирка, мајко на Гинови,\nроса в' темна зандана,\nрано очи ѝ затворија,\nруба, мајко, ѝ запалија.\nТивок ветер провејува,\nза маките раскажува,\nцрна земја маченица\nми покрива гулабица.\nМирка, мајко на Гинови,\nроса в' темна зандана,\nрано очи ѝ затворија,\nруба, мајко, ѝ запалија.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 94, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8890", "title": "Топови грмат, земјата трештит", "text": ":Топови грмат, земјата трештит,\n:славна Дебарца огон горит.\n:Жените пиштат, децата плачат,\n:моми се кријат во горите.\n:Од една страна партизаните,\n:од друга страна фашистите,\n:на срешта стои Петре Пирузе,\n:верна дружина командува.\n:- Удрете браќа, не се боите,\n:скоро ќе падне Германија!", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D0%B3%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%82%2C_%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82", "word_count": 42, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8882", "title": "По поле одат аргати", "text": "„ По поле одат аргати “\n:По поле одат аргати,\n:аргати млади невести,\n:афион ќе ми копаат,\n:по тие ниви велешки.\n:Патот го води Гроздана,\n:Гроздана, мома убава\n:и по неа Невена,\n:Невена Георгиева.\n:Песни ми пеат ајдучки,\n:ајдучки, ем партизански\n:и во песните зборуваат:\n:„смрт или слобода“.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82_%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B8", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8884", "title": "Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги", "text": "РЕШЕНИЕза именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапленијата на окупаторите и нивните слуги\nНа основата на решението на АСНОМ, од 2 август 1944 година, за образување Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување престапленијата на окупаторите и нивните слуги, Президиумот на АСНОМ [ги] именува во таја комисија:\n# Д-р Киро Миљовски, ветеринарен лекар,\n# Страхил Гигов,\n# Емануил Чучков, проф.\n# Тодор Стојанов Звездин, суд. п. пуковник,\n# Киро Петрушев\nОва решение влегува во сила со денот на објавувањето.\nВо с. Рамно, 14 август 1944 година.\nЗа Президиумот на АСНОМ\n:Секретар: В. Полежина с.р.\n:Претседател: Методи Андонов - Ченто с.р.\n1 Види исто така\n*Решение за образување на државна комисија за утврдуење престаплението на окупаторите и нивните помагачи", "subject": ["Историја на Македонија", "Македонија во Втората светска војна"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B8_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%D0%B7%D0%B0_%D1%83%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B8_%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B3%D0%B8", "word_count": 121, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8887", "title": "Македонски дијалектни текстови", "text": "Од книгата ''Текстови од диjалектите на македонскиот jазик'' составена од Божидар Видоески, издадена од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков во 2000 година.\nТекстовите се според раскажувања на мештани од покриените населени места и прибележани со дијакритички знаци со цел точно да се доловат особеностите на дијалектот\n1 Намена на дијакритичките знаци\n* назалност: ę, ą\n* неслоговност: i̭, ў\n* слоговност: р̥ , л̥\n* должина: а:, е:, и:, о:, у:\n* лабијализација: å\n* поместена творба кон напред: ä\n* поместена творба кон горе: а̣ , е̣ , о̣\n* полузвучност: б̭ д̭ г̭ з̭ ж̭ в̭\n* палаталност: т´, д´\n* палатализираност: б’, п’, л’\n* ослабена творба: ср<sup>ă</sup>це, ле<sup>ј</sup>а, зме<sup>х</sup>* акцент: в'икaм, уфч'ар, вик'аше, вод'еница\n* спореден акцент: в'eчернˌица, з'адушнˌици, с'евернˌица\n2 Дијалектни текстови по наречја\n* Западно наречје\n* Југоисточно наречје\n* Северни говори", "subject": ["Македонски дијалектни текстови"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BD%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8", "word_count": 128, "cyrillic": 0.96}
{"id": "8905", "title": "Имала мајка едно ми чедо", "text": ":Имала мајка едно ми чедо\n:едно ми чедо Никола.\n:Очите ѕвезди, лице трендафил,\n:левенто чедо крилато.\n:Ееееј Никола,\n:ееееј јунак пирински.\n:Му здодеало од чорбаџии,\n:од клето ропство фашистко.\n:Тргнал Никола в бој да се бие\n:за наша мајка Македонија.\n:Ееееј Никола,\n:ееееј јунак пирински.\n:Дигнал ми глава херој Никола\n:за правда и за слобода.\n:Тргнал Никола в бој да се бие\n:за наша мајка Македонија.\n:Ееееј Никола,\n:ееееј јунак пирински.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0_%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE_%D0%BC%D0%B8_%D1%87%D0%B5%D0%B4%D0%BE", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8927", "title": "На Вичо, еј Вичо планина", "text": "На Вичо, еј Вичо планина,\nИ во Поздивската рамнина,\nЕ еј моми и момчина,\nМоми и момчина кренаја пушки на рамо,\nДа се боре за слобода за Македонија,\nТаму е Гочева бригада,\nИ фашистите од неја страдаја.\nЕ еј моми и момчина,\nВо града Лерина влезе Гочева дружина,\nВо Костура града влезе Гочева бригада.\n1 Поврзано\n* Друга верзија на песната", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0_%D0%92%D0%B8%D1%87%D0%BE%2C_%D0%B5%D1%98_%D0%92%D0%B8%D1%87%D0%BE_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 60, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8889", "title": "Ко челик сме ние", "text": "Марш на Трета македонска бригада\n:Ко челик сме ние со Титови сили\n:Стив Наумов стои пред нас като штит,\n:Карпошова злоба тече во нашите жили,\n:Бригадата наша ко чекан е свит.\n:Низ планини стрми, низ бурите снежни\n:Апостолски беше првиот на пат,\n:Со Титова љубов на очите мрежни\n:Не бодреше Темпо, наjмилиот брат.\n:Беласица стара вечна ке си спомни\n:За нашата тврдост след одлучен час,\n:За хероjска борба, за подвизи горди\n:Брегалница сведок ке ни пои.\n:Над кочанско поле со фашиски орди\n:се урнавме смело во нерамен бој,\n:низ херојски борби и подвизи горди\n:не жалевме живот за новиот строј!\n:В крвавиот Дренак и Пелинце славно\n:ќе треперат врагои ко исушен лист\n:со здружени сили окови ќе пукнат\n:ќе изгрее бргу ден светол и чист!\n:Ко челик сме ние со Титови сили\n:Стив Наумов стои пред нас като штит,\n:Карпошова злоба тече во нашите жили,\n:Бригадата наша ко чекан е свит.\n:Текст: Ацо Шопов\n:Композиција: Панче Пешев\n:Ацо Шопов, ''Со наши раце'', 1950\n:Песната првпат објавена во ''Положај'', весник на Втората македонска ударна бригада, април−мај, 1944.", "subject": ["Ацо Шопов", "Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE_%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA_%D1%81%D0%BC%D0%B5_%D0%BD%D0%B8%D0%B5", "word_count": 177, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8909", "title": "Превод:Теодосиј митрополит скопски до папата Лав XIII", "text": "4ти декември 1891 година\nДо светиот отец, папата Лав XIII,\nЈас, долу потпишаниот митрополит скопски, Теодосиј, по божја благодат на чело на скопската епархија, Ви го поднесувам ова барање од мое и од името на целото православно стадо на Македонија, со кое ве молиме ваша Светост да нè земете под закрила на Римокатоличката Црква, откако ќе се обнови древната Охридска Архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767, и да нè ставите во канонско единство со Римокатоличката Црква.\nНашата желба извира од историското право на православниот Македонски народ да биде слободен од јурисдикцијата на туѓи цркви – бугарската Егзархија и константинополскиот Патријархат, и да биде обединет во своја сопствена Македонска Православна Црква, придобивајќи ги така сите белези на народ кој има право на независен духовен и културен живот и образование.\nВаша Светост, ве молам да ги имате предвид сите особености на православната вера, од која православните христијани никогаш нема да се откажат: а тоа се независноста во однос на вероисповедта, црковните богослужби и свештеничките одори.\nИм се предавам на Вашите молитви и скромно се поклонувам пред Вас,\nВаш брат во Исуса Христа, кој се моли за Вас,\nТеодосиј, митрополит скопски\nen:Translation:Theodosius,_the_metropolitan_of_Skopje,_to_Pope_Leo_XIII", "subject": ["Историја на Македонија", "Писма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%3A%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%98_%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82_%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%BE_%D0%BF%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%9B%D0%B0%D0%B2_XIII", "word_count": 195, "cyrillic": 0.964}
{"id": "8910", "title": "Превод:Услови за премин на македонските епархии во унија со Римокатоличката Црква", "text": "Услови за премин на македонските епархии во унија со Римокатоличката Црква\nПридружно писмо\n4ти декември 1891, Скопје\nВо свое име и во името на моето Македонско стадо јас, долупотпишаниот митрополит скопски, Теодосиј, ги поставувам следните барања како услов за премин во унија и канонско единство на православното стадо од Македонија со Римокатоличката Црква:\n1. Да се обнови древната Охридска Архиепископија, која беше во канонско единство со Римокатоличката Црква, со благослов лично од Светиот Отец Папата.\n2. Јас, Теодосиј да бидам на чело на обновената Охридска Архиепископија, како автокефален архиепископ на Црквата.\n3. Другите свештеници од високиот клер (митрополити, монаси, свештеници и попови) да бидат по род Македонци и назначени од мене, како Архиепископ, додека единствено митрополитите може да бидат потврдени од Вашата Светост.\n4. Границите на Архиепископијата да се совпаѓаат со сегашните граници на Македонија, а поделбата на епархии да остане како што е сега.\n5. Старите унијати од Кукушко-Полјанската и Струмичката епархија да бидат исклучени од јурисдикција на унијатскиот Архиепископ во Цариград, неговото блаженство Нил Изворов, и да бидат вклучени како епархии под моја јурисдикција.\n6. Нови католички мисионери, освен оние што веќе се присутни во образовните и благотворните организации во Македонија, да не се прифаќаат, додека ти што се веќе овде да не се мешаат во внатрешниот црковен и образовен живот на Архиепископијата.\nТоа се нашите барања и ние веруваме дека се оправдани и дека не можеме да направиме понатамошни отстапки. Се надеваме дека ќе бидат одобрени и почитувани за веки веков.\nТеодосиј,\nМитрополит скопски\nen:Translation:The_conditions_of_transfer_of_Macedonian_eparchies_to_Union_with_the_Roman_Catholic_Church", "subject": ["Историја на Македонија", "Писма"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%3A%D0%A3%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BD_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%B8_%D0%B2%D0%BE_%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D1%81%D0%BE_%D0%A0%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0", "word_count": 251, "cyrillic": 0.988}
{"id": "8928", "title": "Ој Сатеско, реко силна", "text": "Ој Сатеско, реко силна\nна Дебарца мома милна\nтвојта снага ширна и градна\nчиста бистра, водо ладна\nВ бојот беше силна и храбра\nмостовита, мрилна и ширна\nтвојте борци, ведри и силни\nте бранеја с гради силни\nОдред Славеј храбар и жеден\nсо командантот Коста славен\nБотун тресе бој се водел\nи победа славна донел\nОј Сатеско, реко силна\nна Дебарца мома милна\nпод тебе се знамиња вејат\nза слобода пејат.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98_%D0%A1%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%BE%2C_%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE_%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B0", "word_count": 71, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8915", "title": "Димче и Киро Налбатот", "text": "Димче и Киро Налбатот, стурија долу во градот\nкуќичка една крај паркот, пролетна вечер мирисна.\nЗагрме, збабна престрелка, го смршти сиот Кавадар\nстотина против два мина, одбор на шака јунака.\nЦел ноќ во огин пливаја, зверот го смртно биеја,\nзавет во пламен дадоа, душмански раце сал мртви.\nВ зори се итро јурнаа, да скршат синџир куршуми,\nда летнат в гора зелена, кај својте мили другари.\nКиро далеку излезе, од обрач тој се извлече,\nго дочу гласот на Димче, па се поврати кај него.\nВ раце му умре другарот, огин го смртно погоди,\nгради му машки пронижа, падна и Киро Налбатот.\nНиз град се песна разлеа, во тие гори ридишта,\nпо тије лозја, ровови, напред во борба неравна.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D1%87%D0%B5_%D0%B8_%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%BE_%D0%9D%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82", "word_count": 117, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8914", "title": "Песна за Цветан Димов", "text": ":Во скопските бездани мачилишта\n:лежи Цветан, збор не прозборува;\n:трештат камџијите,\n:пукат му жилите,\n:но очите му горат и режат.\n:Пет дена грозните мачители\n:коски кршат и живот му цедат.\n:Малчете, малчете,\n:потифко зборвете –\n:ЦВЕТАН ДИМОВ умире во маки!\n:За гозба се спремајат џелатите:\n:крф ќе пијат на нашиот Цветан...\n:Беснеј музиката...\n:Беснеј камџијата...\n:Македонец умире за народ!\n:„ОДМАЗДА, ДРУГАРИ, САКАМ ОД ВАС,\n:КРФТА МОЈА НЕК' СКАПО СЕ ПЛАТИ!“\n:Малчете, малчете,\n:потифко зборвете,\n:Цветан Димов умире во маки...", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BD_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2", "word_count": 78, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7664", "title": "Миха (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Збор од ГОСПОД упатен за Миха од Морешет, во деновите на Јотам, Ахаз и Хезекија, цареви на Јуда, она што тој го виде за Самарија и Ерусалим.<sup>2</sup>Чујте сите вие племиња, слушни земјо и сите во неа! Господ Јахве може против тебе да сведочи, Господ од Својот свет храм.\n1 Пресуда против Самарија и Ерусалим.\n<sup>3</sup>Ете гледај, ГОСПОД доаѓа од Своето пребивалиште, слегува и гази по висовите на земјата.\n<sup>4</sup>Се топат планините под Него, а долините се раздвојуваат како восок пред оган, како води што јурат по падина.\n<sup>5</sup>Заради престапот на Јаков е сево ова и заради гревовите на домот Израелев! Кој е престапот на Јаков? Не е ли тоа Самарија? И кои се висовите на Јуда? Не е ли тоа Ерусалим?\n<sup>6</sup>Затоа ќе направам од Самарија купишта шут во полето, место за сеење лозје. Ќе ги истурам во долината камењата нејзини. Темелите ќе ѝ ги соголам.\n<sup>7</sup>На парчиња ќе бидат здробени сите идоли нејзини! Со оган ќе бидат изгорени сите храмски дарови! Сите кипови нејзини ќе ги уништам! Затоа што од плата на блудница се насобрани, затоа како плата за блудница пак ќе бидат употребени.\n<sup>8</sup>Заради ова јас ќе плачам и лелекам, ќе одам наоколу бос и гол, ќе завивам како шакалите и ќе стенкам како ќерките уткини.\n<sup>9</sup>Неизличиви се раните нејзини. Ете дојде до Јуда, допре до вратата на мојот народ, до Ерусалим.\n<sup>10</sup>Во Гат да не кажувате, во Ахо да не плачете, во Бет Офра да се валкате во прав!\n<sup>11</sup>Минувајте жители на Шафир во голотија и срам! Нема да излезат жителите на Заанан. Во плак е Бет Есел. Ја одзеде Тој од тебе заштитата Негова.\n<sup>12</sup>Во болка се превива чекајќи избавување оној кој живее во Марот, оти дојде несреќа од ГОСПОД дури до вратата на Ерусалим.\n<sup>13</sup>Впрегни ја колата жителу на Лахиш, почеток на гревот беше за ќерката Сионова, оти во тебе беа најдени престапите на Израел.\n<sup>14</sup>Затоа ќе му дадеш разделбени дарови на Морешет Гат, градовите на Ахзив ќе испаднат препредени за царевите на Израел.\n<sup>15</sup>Сепак освојувач ќе доведам против тебе, ти кој живееше во Мареша. Сѐ до Адуллам ќе допре славата на Израел.\n<sup>16</sup>Избричете ги и истрижете главите заради вашите мили деца! Станете ќелави како мршојадци, оти ќе заминат од вас во прогонство!\n= Глава 2 =\n2 Човековите и Божјите планови.\n<sup>1</sup>Тешко на оние кои смислуваат неправда, кои поготвуваат зло во постелите свои. Штом осамне тие и го спроведуваат, затоа што имаат таква моќ.\n<sup>2</sup>Посакуваат ниви и ги приграбуваат, посакуваат куќи и ги одземаат. Изнудуваат и го одзимаат од човека домот негов и од пријателот наследството негово.\n<sup>3</sup>Затоа вака вели ГОСПОД: „Гледајте, подготвувам против овие луѓе тешка несреќа, од која нема да си ги спасат вратовите и нема да одат гордо, оти време за несреќа иде.“\n<sup>4</sup>Во тој ден ќе ве иссмеваат, песна за подбив ќе ви испеат: „Уништени сме, уништени! Разделени се имотите на мојот народ! Ете од мене зема, на предавникот ги дава нивите наши!“\n<sup>5</sup>Заради тоа ќе нема од тебе кој да дели земја со жрепка во собранието ГОСПОДОВО.\n3 Лажни пророци.\n<sup>6</sup><Не проповедајте!“, велат тие. „Не дозволувајте им да проповедаат за овие нешта! Нема да дојде немилост врз нас!“\n<sup>7</sup>Треба ли да велиш доме Јаковов: „Лут ли е Духот ГОСПОДОВ?“, или „Ова се делата Негови!“ Не му прават ли добро зборовите Мои на оној кој праведно чекори?\n<sup>8</sup>Во последно време народот Мој како непријател се крева; наметка и богата облека соблекувате од безгрижните минувачи, од луѓе кои се враќаат од битка.\n<sup>9</sup>Жените од Мојот народ ги бркате од нивните пријатни домови, од децата нивни го одземате благословот Мој засекогаш.\n<sup>10</sup>Станете! Одете си одовде, оти не е ова место одмаралиште за вас! Осквернето е, разрушено и болно преку секоја мерка!\n<sup>11</sup>Ако дојде човек ветрогон и лажго, и ве измамува велејќи: „Јас ќе ти пророкувам за виното и за пивото.“, тој ќе стане пророк што му одговара на овој народ!\n4 Ветено е избавување.\n<sup>12</sup>Ќе те приберам Јакове, сите ќе ве приберам. Ќе го соберам заедно остатокот на Израел. Ќе ги доведам како овци во трло, како стадо на пасиште. Ќе биде врвулица од луѓе.\n<sup>13</sup>Ќе се искачи пред нив Оној Кој разбива, ќе ја разбијат портата и ќе поминат, ќе излезат преку Него. Ќе помине Царот Нивни пред нив, а ГОСПОД ќе им биде на чело.\n= Глава 3 =\n5 Укорени се водачите и пророците.\n<sup>1</sup>Тогаш реков: „Слушнете сега водачи на Јаков и управници на домот Израелев: >Не ли сте вие тие што треба да ја знаат правдата?\n<sup>2</sup>А вие доброто го мразите, а злото го сакате! Кожата на луѓето им ја дерете и месото од коските им го глодате!\n<sup>3</sup>Јадете месо од Мојот народ и кожата му ја дерете, коските на парчиња му ги кршите, како за во тава, како месо за во грне!'“\n<sup>4</sup>Ќе викнат тогаш кон ГОСПОД, но Тој нема да им одговори. Ќе го сокрие лицето Свое тогаш од нив, затоа што правеа злосторства.\n<sup>5</sup>Вака вели ГОСПОД за пророците, за оние кои го водат Мојот народ во заблуда: „На оние кои им ги полнат забите им проповедаат мир, но ако некој не донесе нешто за устата нивни, подготвуваат против него војна.\n<sup>6</sup>Затоа ноќ за вас, без видение! Темнина за вас без претскажување! Ќе зајде сонцето за овие пророци и ќе се зацрни денот за нив.\n<sup>7</sup>Посрамени ќе бидат гледачите, понижени претскажувачите. Секој од нив ќе си го покрие лицето, оти Бог нема да им даде одговор!“\n<sup>8</sup>Но јас, јас сум исполнет со сила, со Духот ГОСПОДОВ, со правда и моќ да му го објавам на Јаков престапот негов, на Израел гревот негов.\n<sup>9</sup>Слушнете го сега ова водачи на домот Јаковов и управници на домот Израелев, вие кои ја презирате правдата и извртувате сѐ што е право,\n<sup>10</sup>вие кои го градите Сион со крвопролевање и Ерусалим со зло.\n<sup>11</sup>Водачите негови за поткуп судат, свештениците негови имаат цена за која подучуваат, а пророците за пари претскажуваат, сепак на ГОСПОД се потпираат и велат: „Зарем не е ГОСПОД меѓу нас? Нема да нѐ снајде несреќа!“\n<sup>12</sup>Затоа, заради вас, Сион ќе стане поле преорано, Ерусалим ќе стане купишта шут, ридот каде што е храмот - насип обраснат со грмушки.\n= Глава 4 =\n6 Планината ГОСПОДОВА.\n<sup>1</sup>Во последните денови планината на храмот ГОСПОДОВ ќе биде поставена за главна меѓу планините и ќе биде издигната над ридовите, па река од луѓе ќе потече кон неа.\n<sup>2</sup>Ќе доаѓаат многу народи и ќе велат: „Дојдете да одиме на планината ГОСПОДОВА, кај домот на Јакововиот Бог! Тој ќе нѐ научи за патиштата Негови, за да врвиме по патеките Негови.“ Од Сион ќе излезе закон и збор ГОСПОДОВ од Ерусалим.\n<sup>3</sup>Тој ќе суди среде многу народи, ќе измирува спорови меѓу силни и далечни народи. И ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои во српови. Нема повеќе народ против народ да крева меч, ниту да се вежбаат за војна.\n<sup>4</sup>Секој човек ќе седи под својата лоза и под својата смоква и ќе нема кој да ги заплашува, затоа што ГОСПОД Семоќен така рече.\n<sup>5</sup>Ете, сите народи можат да одат, секој во името на своите богови, но ние, ние ќе одиме во името на ГОСПОД, нашиот Бог, за вечни времиња.\n7 Планот ГОСПОДОВ.\n<sup>6</sup><Во тој ден“ - вели ГОСПОД - „ќе ја приберам сакатата, прогонетата ќе ја соберам и онаа на која ѝ донесов страдање.\n<sup>7</sup>Ќе направам од сакатите остаток, од прогонетите силен народ, и ќе владее ГОСПОД над нив на планината Сион, од сега па до вечност.\n<sup>8</sup>А, ти стражарска куло на стадото, тврдино на ќерката Сионова, ти ќе бидеш обновена. Повторно ќе дојде во тебе на власт царството на ќерката Ерусалимска.“\n<sup>9</sup>Зошто сега плачеш на сет глас? Цар ли веќе немаш? Советникот твој исчезна ли, та болка те обземала како жена која раѓа?\n<sup>10</sup>Превивај се во болка ќерко Сионова, како жена која раѓа, оти сега мораш да го напуштиш градот и да живееш во полето! Ќе одиш во Вавилон, таму ќе бидеш избавена, таму ГОСПОД ќе те откупи од раката на твоите непријатели.\n<sup>11</sup>Но сега собрани се против тебе многу народи. Велат: „Нека биде осквернета, и нека се наситат очите наши над Сион!“\n<sup>12</sup>Тие не ги знаат мислите ГОСПОДОВИ и не ја разбираат намерата Негова. Ете, Тој ги собра како снопје на гумно.\n<sup>13</sup><Стани и врши ќерко Сионова, оти рог железен Јас ќе ти дадам и копита бронзени! Ќе сотреш многу народи.“ И ќе Му го посветиш на ГОСПОД нивниот нечесно здобиен плен, нивното богатство на Оној Кој е Господар над целата земја.\n= Глава 5 =\n8 Ветување за Владетел од Витлеем.\n<sup>1</sup>Распореди ги сега војските граду утврден! Опсада е поставена против нас. Со стап ќе удрат по образот на владетелот Израелев.\n<sup>2</sup>Но ти Витлееме Ефратов, мал си меѓу родовите Јудини, од тебе ќе излезе за Мене Оној Кој ќе владее над Израел, чие потекло е од древните времиња, од деновите на вечноста.\n<sup>3</sup>Затоа ќе ги напушти, сѐ до времето кога родилката ќе роди, и остатокот од браќата негови ќе се вратат кај народот на Израел.\n<sup>4</sup>Ќе застане, и ќе ги пасе во силата ГОСПОДОВА, во величественоста на името на ГОСПОД, неговиот Бог. Ќе живеат безбедно, оти големината Негова ќе досега до краиштата на земјата.\n9 Избавување и уништување.\n<sup>5</sup>Тој ќе биде нивниот мир. Кога Асирија ќе навлезе во нашата земја, кога ќе продре во тврдините наши, ќе издигнеме против неа седум пастири, седум водачи на народот.\n<sup>6</sup>И ќе ја завладеат земјата Асирска со меч, земјата Нимродова со нивните исукани сабји. Тој ќе нѐ избави од Асирците кога ќе навлезат во нашата земја и кога ќе ги прегазат границите наши.\n<sup>7</sup>И ќе биде остатокот на Јаков среде бројни народи како роса која доаѓа од ГОСПОД, како тивки дождови по тревата, кои не чекаат на човек, ниту зависат од синовите човечки.\n<sup>8</sup>Ќе биде остатокот на Јаков меѓу народите, среде многу племиња, како лав меѓу шумски ѕверки, како лавче меѓу стада овци, кое, како што оди - удира и распара и никој од него не може да ги спаси.\n<sup>9</sup>Ќе се издигне раката Твоја над Твоите непријатели и сите Твои противници ќе бидат уништени.\n<sup>10</sup><Во тој ден“ - вели ГОСПОД - „Јас ќе ги сотрам коњите твои среде тебе и ќе ги уништам колите твои.\n<sup>11</sup>Ќе ги уништам градовите во земјата твоја, ќе ги срушам сите твои тврдини.\n<sup>12</sup>Ќе ги уништам магиите од раката твоја и нема да има веќе меѓу тебе кој да прави магии.\n<sup>13</sup>Ќе ги уништам длабените кипови и светите камења кои се среде тебе, и нема повеќе да клечиш пред делата на сопствените раце.\n<sup>14</sup>Ќе ги искоренам Ашерините столбови кои се среде тебе и ќе ги разурнам градовите твои.\n<sup>15</sup>Ќе им се одмаздам во гнев и лутина на народите кои не се покорија.“\n= Глава 6 =\n10 ГОСПОД суди против Израел.\n<sup>1</sup>Слушајте сега што вели ГОСПОД: „Стани, покрени судска постапка пред планините! Нека го слушнат ридовите твојот глас!“\n<sup>2</sup>Слушнете го планини обвинението ГОСПОДОВО! Слушнете вие вечни темели на земјата, оти на суд излезе ГОСПОД против Својот народ! Против Израел тужба поднесе.\n<sup>3</sup><Народе Мој, што сум ти направил, какво бреме сум ти наложил - одговори Ми!?\n<sup>4</sup>Ете, те изведов од земјата Египетска, од домот на робовите те избавив, и ги испратив пред тебе Мојсеј, Аарон и Мирјам.\n<sup>5</sup>Народе мој, сети се сега што беше наумил Балак, царот на Моав, и што му одговори Балаам, синот Беоров! Сети се (како патуваше) од Шиттим до Гилгал, за да ги препознаеш праведните дела ГОСПОДОВИ.“\n<sup>6</sup>Со што да дојдам пред ГОСПОД и да се поклонам до земја пред Севишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Него со жртви паленици, со телци едногодишни?\n<sup>7</sup>Ќе биде ли задоволен ГОСПОД од илјадници овни, од десетици илјади потоци масло? Треба ли да го жртвувам ли првородениот мој за мојата вина, плодот на моето тело заради гревот на мојата душа?\n<sup>8</sup>Ти покажа човеку Тој што е добро, и што ГОСПОД бара од тебе. Ете, да постапуваш праведно, да ја сакаш милоста и кротко да врвиш со својот Бог.\n11 Вината на Израел и неговата казна.\n<sup>9</sup>Гласот ГОСПОДОВ кон градот повикува - мудро е да се има страв од името Твое - „Чувајте се од стапот и од Оној Кој покажува со него.\n<sup>10</sup>Има ли уште кај тебе, доме зол, богатство со зло здобиено, „ref> Ефа, волуменска мерка за суви материи, жито и сл, околу 22 литри, кај нас порано постоела слична мерка што се нарекувала полник, со приближно ист волумен.ефа смалена, проклета.\n<sup>11</sup>Ќе го оправдам ли оној кој се служи со нечесни мерки, со вреќа лажни тегови?!\n<sup>12</sup>Богаташите негови полни се со насилство, жителите негови лажат, јазикот нивни измами кажува.\n<sup>13</sup>Затоа почнав да те уништувам, да те рушам поради твоите гревови.\n<sup>14</sup>Ќе јадеш, ама нема да се наситиш и мевот твој празен ќе биде! Ќе ставаш на страна, ама нема да го сочуваш, оти што ти ќе прибереш, Јас на меч ќе предадам!\n<sup>15</sup>Ќе сееш, ама нема да жнееш! Ќе гмечиш маслини, ама маслото нема да го користиш! Ќе цедиш грозје, ама вино нема да пиеш!\n<sup>16</sup>Ги следеше законите на „ref> Омри ... Ахав (1 Цар 16:25,30) направиле повеќе зло од сите цареви пред нив.Омри и сѐ што правеше домот Ахавов! Ги држеше обичаите нивни! Затоа ќе те предадам на уништување, на потсмев ќе ги предадам твоите жители, +презир ќе трпите од народите!\n= Глава 7 =\n12 Бедата на Израел.\n<sup>1</sup>Тешко мене! Останав како оној што летни плодови доберува, поберки од лозјето! Нема гроздови да јадње, за рана смоква чезнеам.\n<sup>2</sup>Исчезна побожниот од земјата и нема повеќе ниту еден праведен меѓу луѓето. Сите за крвишта демнат, братот свој во мрежа го ловат.\n<sup>3</sup>Обете раце им се вешти во зло. Во заговор се владетелот кој си бара, судијата кој прима поткуп и моќникот кој своја волја наложува.\n<sup>4</sup>Најдобриот од нив е како трн, најправедниот е полош од бодлива ограда. Дојде денот на оние кои кон Тебе гледаат, денот на Твојата посета. Сега за нив доаѓа збрка.\n<sup>5</sup>Не верувај му на соседот, немај доверба во пријател! Пред жената што во прегратка ти лежи внимавај што зборуваш!\n<sup>6</sup>Зашто син татко не почитува, ќерка против мајка станува, снаа против свекрвата своја! Непријатели на човека му се неговите домашни!\n<sup>7</sup>Но јас кон ГОСПОД гледам со надеж, чекам на Бог, мојот Спасител. Знам, ќе ме слушне мојот Бог.\n13 Израел ќе се подигне.\n<sup>8</sup>Не сити се над мене непријателке моја! Иако паднав, пак ќе се кренам! Иако седам во мрак, ГОСПОД е мојата светлина!\n<sup>9</sup>Гневот ГОСПОДОВ ќе го истрпам, затоа што грешев против Него, сѐ додека мојот случај Тој не го разреши и не ме прогласи за прав. А Тој ќе ме изведе на светло и ќе ја видам јас праведноста Негова.\n<sup>10</sup>Тогаш ќе види непријателката моја и ќе се покрие со срам. Онаа која ми велеше: „Каде е ГОСПОД, твојот Бог?“, ќе биде згазена како калта по улиците и очите мои тоа ќе го видат.\n<sup>11</sup>Ќе дојде ден за обновување на ѕидините твои, за проширување на границите твои.\n<sup>12</sup>Тогаш ќе доаѓаат кај тебе од Асирија и од градовите египетски, од Египет, па сѐ до Еуфрат, од море до море, од планина до планина.\n<sup>13</sup>Земјата ќе се претвори пустина заради жителите нејзини, како последица на нивното однесување.\n14 Молитва и хвалоспев.\n<sup>14</sup>Паси го народот свој со својот жезол, стадото на твоето наследство, кое живее препуштено само на себе в шума среде Кармел. Нека пасат во Башан и Гилеад како во некогашните денови.\n<sup>15</sup>Ќе ти покажам чудесни нешта, како во деновите кога излезе од Египет.\n<sup>16</sup>Ќе видат народите и ќе се засрамат од сета нивна сила. Ќе стават рака на устите, а ушите ќе им оглувеат.\n<sup>17</sup>Ќе лижат прашина како змии, како оние што ползат по земја. Ќе дојдат треперејќи од нивните дувла. Кон ГОСПОД, нашиот Бог ќе се свртат во страв и ќе се плашат од тебе.\n<sup>18</sup>Има ли друг Бог како Тебе, Кој проштева грев и им го заборава престапот на остатокот од Своето наследство!? Нема Тој да се гневи довека, затоа што ужива да биде милостив.\n<sup>19</sup>Пак Тој ќе се смилува над нас. Ќе ги згази нашите гревови, ќе ги фрли во длабочините морски сите наши неправедности.\n<sup>20</sup>Ќе покажеш верност кон Јаков и милост кон Авраам, како што им се заколна на татковците наши во одамнешните денови.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2522, "cyrillic": 0.999}
{"id": "8944", "title": "Отечественофронтовска Бугарија за Македонија", "text": "Прашањето за национална слобода за фашистите беше прашање преку кое се разгоруваше омраза меѓу народите, прашање преку кое психолошки се подготвуваа војните и како резултат секогаш доведуваше до национално угнетување. Оваа вистина особено силно ја почувствува и разбра македонскиот народ, кој особено многу пострада од бесната конкуренција меѓу балканските фашисти во спроведувањето на нивната освојувачка политика. Последната секогаш ја претставуваа пред масите во национална облека.\nДемократскиот развој на јужнословенските народи раскрсти со порочното минато и целосно ја смени сликата. За овие народи прашањето за националната слобода не е веќе прашање на фашистичко прикривање и пропаганда, туку жива реалност. Тие од корен ја отсекоа раната која го труеше опшествениот организам на народните маси. За нив денес прашањето за националната слобода не е прашање на раздвојување, туку на братска доверба и единство.\nТитова Југославија го реши ова прашање на чисто народно-демократски начин. Го разреши за себе и најтрнливото национално прашање - македонското. Таа даде пример на Балканот за тоа како може да се движи кон зближување на народите преку почитување на нивната национална слобода.\nОтечественофронтовска Бугарија конечно раскрсти со идеалите на бугарските фашисти за голема Бугарија и хегемонија на Балканот. Таа целосно го поддржува идеалот на Македонците за сопствена држава и национален идентитет. Во својот демократски развој таа е опфатена со развојот на сите јужнословенски народи и со тоа го обезбедува братскиот соживот на овие народи.\nen:Translation:Fatherland Front Bulgaria for Macedonia\nbg:Отечественофронтовска България за Македония", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на Бугарија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%84%D1%80%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 236, "cyrillic": 0.966}
{"id": "8908", "title": "Бискуп Августо Бонети за разговорите со скопскиот митрополит Теодосиј", "text": "4ти декември 1891 година\nСкопје,\nВаша Светост,\nПосле напорниот пат пристигнав во Скопје и се сместив во бискупската резиденција во која само два Францисканци живеат и ги задоволуваат потребите на малубројните тукашни верни. Како што ми препорачавте се поврзав со локалниот конзул на Австро-Унгарија, г-дин Шмукер. Не си ни починав туку веднаш го испратив отец Алоис кај него. Конзулот беше многу љубезен веднаш да ме посети во резиденцијата. Нашите разговори траеја околу два часа и тој ме извести за состојбата на тукашниот митрополит Теодосиј кој е во судир со неговиот претпоставен, бугарскиот Егзарх Јосиф, и за неговата (на Теодосиј) желба да тргне по вистинскиот пат со тоа што ќе го признае Неговата Светост за свој врховен авторитет. Конзулот ми даде подробни информации за митрополитот Теодосиј, опишувајќи го како човек многу ревносен за една идеја за обнова на некоја стара црква, укината пред многу време од некој локален турски властодржец и од грчкиот Патријархат, со единствена цел да го одвои народот од Македонија од тие во Бугарија, како два одвоени народи на Балканот. Конзулот ми навести дека митрополитот Теодосиј се наоѓа во многу тешка положба, прогонуван заради неговата националистичка активност не само од бугарскиот Егзарх, туку и од грчкиот Патријархат. Сите трите балкански влади: на Бугарија, Грција и Србија, се против него. Конзулот смета дека митрополитот Теодосиј сега нема избор, зашто сите мостови му се изгорени, и сега ќе мора да направи отстапки од неговите барања.\nВчера, на 3ти декември, со помош на конзулот Шмукер, се сретнав со митрополитот Теодосиј во неговата резиденција, една многу скромна зграда до тукашната река Вардар. Пристигнавме околу 8 часот наутро и конзулот и јас моравме да чекаме половина саат нашиот домаќин да си ја заврши утринската молитва која ја држи секој ден. Нашата средба беше многу срдечна. Можеби Светиот Дух беше присутен за да се случи средба меѓу двајца прелати после толку многу години откако Источната Црква отстапи од вистискиот пат Божји.\nОткако ни понуди кафе и слатко (како што е тука обичај), митрополитот Теодосиј веднаш се префрли на проблемот. Прво му се обрати на конзулот Шмукер и го праша дали има чест да зборува со претставник на Неговата Светост. Откако конзулот му потврди, ми се обрати срдечно со овие зборови: „Јас верувам дека мојот ценет пријател, г-дин Шмукер, ве исвести за нашата желба да побараме целото стадо од Македонија да влезе под заштита на Неговата Светост, Папата, за обнова на древната Охридска Архиепископија, која незаконски беше укината пред околу 120 години. Желбата на мојот народ е да биде осободен од духовната потчинетост на бугарскиот Егзархат и константинополскиот Патријархат и да си има сопствена национална Црква.“\nВнимателно го сослушав митрополитот и му одговорив дека сум испратен од моите претпоставени да ги сослушам неговите барања и да им ги пренесам. Му објаснив дека сите решенија зависат од Неговата Светост. После оваа моја изјава митрополитот Теодосиј малку како да се разочара. Тој изгледа веруваше дека оваа работа ќе се разреши од моја страна тука и веднаш, без одлагање, зашто, како што веќе реков, според коментарите на конзулот Шмукер, тој ги беше изгорел сите мостови. Меѓутоа тој не се покажа многу подготвен за отстапки, што е обично случај со сите источни прелати, кога се однесува до тврдоглавоста. Тој извади лист хартија од бирото и почна да чита кои се неговите услови за пристапување во унија со нашата Света Црква. Г-дин Шмукер беше љубезен да ми преведува на германски збор по збор. Тие услови може да се сумираат на следното: да се обнови Охридската Архиепископија; Теодосиј да биде на чело; свештенството од врвот до дното сите да бидат Македонци назначени од него; границите на Архиепископијата да се совпаѓаат со границите на областа Македонија; католичките мисионери во Македонија да не им се мешаат во внатрешните работи на Архиепископијата; да си ја задржат богослужбата како што им е сега; да не им се променат одеждите на свештениците и се’ така.\nОткако внимателно го сослушав митрополитот, му реков дека ќе ги препратам неговите барања до Рим, за Неговата Светост да донесе одлука. Потоа направив и неколку примедби во врска со неговото непознавање на правилата и догмите на Римокатоличката Црква. Обврските на Архиепископијата спрема Неговата Светост не беа наброени во неговото излагање; освен тоа не беше спомнато што ќе се случи со унијатската Бискупија во Македонија; и што има намера да прави со образовните и благотворните институции во Македонија. Митрополитот ме замоли пошироко да му ги образложам моите забелешки. Потоа седна и состави нов текст за условите на премин во унија со Римокатоличката Црква, кои тука ви ги приложувам. Потоа, на мое барање, напиша и молба во свое и во името на неговото стадо до Неговата Светост за премин во унија со Римокатоличката Црква.\nОткакот сето ова го завршив, сметав дека нема потреба да се задржувам, зашто многу време помина. Се поздравивме срдечно. Митрополитот ме замоли да го известам Светиот Отец што е можно побрзо. Му одговорив дека уште истиот ден ќе го сторам тоа и дека се надевам на успешно исполнување на овие свети работи.\nВаша светост, денеска заминувам за Константинопол и оставам на Вас да се погрижите за овие нешта. Според мислењето на конзулот на Австро-Унгарија, треба итно да се дејствува и да се донесе одлука, зашто секое одлагање може да биде погубно за митрополитот Теодосиј. Мое лично мислење е дека митрополитот Теодосиј го превзема овој чекор многу искрено и дека има објективни предуслови дека целото стадо од Македонија да го следи.\nВи останувам вечно верен Ваша Светост, им се препорачувам на вашите молитви,\nАвгусто Бонети\nОригинал: A. della S. C. P. F. Roma: \"Indice della Potenza\" - Marzo 1892-1893, Somm. XV, f. 132 - 141.\nen:Translation:Bishop_Augusto_Bonetti_on_the_talks_with_Theodosius,_the_Metropolitan_of_Skopje", "subject": ["Писма", "Дела на латински", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D0%BF_%D0%90%D0%B2%D0%B3%D1%83%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%91%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82_%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%98", "word_count": 933, "cyrillic": 0.981}
{"id": "8946", "title": "За нацијата и националното прашање", "text": "Идеолошкото упориште на реакционерите е националното прашање. Не штедат никаков напор ова прашање да го имаат под свој патент. Не е случајно во животот што екстремната реакција секогаш се совпаѓа со екстремниот национализам. Како резултат на долга и систематска работа преку воспитувањето во училиштата, касарните и преку разни манифестации во јавниот живот, таа успеа на овој начин да навлезе длабоко во масите, па честопати се соочуваме со парадоксалниот феномен, луѓе кои се инаку прогресивни, по ова прашањето да пливаат целосно во водите на реакцијата. Во најкритичните моменти на опшествениот развој, како што се војните што таа самата ги предизвика, се потпира исклучиво на од неа самата погрешниот всадениот став што го има спрема националните прашања.\nВо борбата против реакцијата, демократските сили имаат една важна задача: да го разурнат ова нејзино идеолошко упориште. Против огромниот апарат што е во функција, против огромната апаратура пуштена од реакцијата, против длабоката заблуда насадувана во текот на долг временски период, од страна на демократските сили е направено малку. Најголемо внимание на ова прашање му посветиле болшевиците. Главно тие ги развија теоретските и практичните основи за прогресивниот, народниот патриотизам наспроти патриотизмот од интерес на реакцијата. Тие го симнаа прашањето за нацијата од метафизичките облаци, отстранија од ова прашање секаков фетишизам и го поставија на научна основа. Тие, предводени од нивните генијални водачи Ленин и Сталин, ги ставија во хармонија патриотските чувства на масите со нивните економски и политички интереси и ја уништија онаа основа на реакцијата преку која го закриваше нејзиниот економски грабеж на масите и нејзиното политичко угнетување.\nБолшевичкиот прогресивен став кон националното прашање беше спроведен на одличен начин во Лајпцишкиот процес од водачот на бугарската работничка класа и основачот на Татковинскиот фронт - Георги Димитров. Таму на брилијантен начин се виде како интернационалистот, комунистот Георги Димитров ја одбрани честа и правата на својата нација со цврстина и гордост, без да ги засегне чувствата и правата на која било друга нација, тогаш кога неговите обвинители, загреани националисти, се изрезилија како луѓе инспирирани од животинска омраза спрема другите народи, и особено спрема балканските на кои им ја загрозија слободата. Како резултат на тоа секој искрен бугарски и балкански патриот се восхити од Димитров, го виде во него вистинскиот, народен патриотизам и ја демонстрираше, за секого очевидната и природна врска помеѓу националното и интернационалното чувство.\n...\nen:Translation:About the nation and the national question\nbg:За нацията и националния въпрос", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на Бугарија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 392, "cyrillic": 0.974}
{"id": "8967", "title": "Сметкопотврда за транспортни трошоци платени од бугарската држава за превоз на 4137 Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка", "text": "Софија, 13 октомври 1943 г\nул „Албанска“бр 56\nГлавна дирекција\nЖелезници и пристаништа\nЖелезничарска каса\nБугарско официално патно биро „Балкан“\nНо. III/01.2504\nПотврда\nСо следното потврдуваме дека цената на билетите за двата специјални воза со кои превезоа на 25.III о.г. 1748 возрасни и 197 деца од 4-10 год. од еврејско потекло од Скопје до Треблинка и на 28.III о.г. 1797 возрасни и 395 деца од 4-10 години од еврејско потекло, изнесува 7,144,317 /седум милиони сто четириесет и четири триста и седумнаесет/ лева.\nТие возови беа испратени по барање на Комесарството за еврејски прашања, кое ја исплати цената на тие два воза со чекови во вредност 4,827,395 лева од 23 март о.г. , чек со вредност 2,000,000 лева од 29 март о.г. и чек со вредност 316,922 лева од 13 октомври о.г.\nОва му се издава на Комесарството за еврејски прашања, за да им послужи како документ за раздолжување.\nБалкан\nБугарско официјално патно биро\nПотпис\nКомесар (потпис нечиток)\nтри различни печати,\nтаксена марка од 10 лева\nen:Translation: Receipt of the transportation costs that Bulgarian state paid to transport 4137 Jewish citizens from Macedonia to their death in Treblinka\nbg:Удостоверение за транспортните разходи които българската държава е платила за 4137 еврейски граждани от Македония до смъртта им в Треблинка", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на Бугарија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B7_%D0%BD%D0%B0_4137_%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B4%D0%BE_%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%A2%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 227, "cyrillic": 0.867}
{"id": "8950", "title": "Правила на македонскиот востанички комитет - 1879", "text": "Правила на „Македонски въстаннически комитет“; 20 февруари 1879 г.\nПравила на Македонски возстаннически комитет в 1878-1879 год.\nМакедонский возстанически Комитет узаконява 1879\n1. От сега за напред всякий доброволец, востаник и харамия длъжен е от пръв път да доиде в главното управление на возстанието с свои разноски, с пушка мартинка с кама с сабя, или с ятаган и сто патрони, без да иска такива неща от благотворителний комитет, които съ длъжни всичко и всякакво нещо, что е потребно за востание да изпращат в главното управление на возстанието, а не да ги дават на частни лица.\nЗабележвание: Всичко упомянуто в таиъ точкъ оружие може да се дава първ път само на ония, които от турско прихождат.\n2. Всякой доброволец, возстаник и харамия от всякаква Християнска народност се приемва, но он длъжен е първо да приима клетва за верност и покорност на главното востаническо управление, а после ще се записва в число на востаниците.\n3. Всякой от трите упомянути звания возстаници, които нема да се подчини под това управление, но сам по себе си ще действува во името на возстаническото управление, той ще се преследува и ще се убива.\n4. Всякий харамия, който излезва само да граби и убива за своя лична полза, той ще се преследува и подобающее наказание ще приима.\n5. Всякий предател и шпион, каков да е и от каде ли да е он ще се преследува и като се хване, после мъчителни испити, ще се убива.\n6. Всякий Христианин Македонец, който ще се покаже противен на возстанието и на возстаниците, ще се преследува и като ся хване прилично ще се наказува.\n7. Всякий турчин, който доброволно ще си предаде оружието си, ще се пуща да си отиде свободно вън от границата на возстанието.\n8. Всякий турчин, който се воспротиви, ще се убива.\n9. Които турци ще си бягат доброволно, няма да се ограбват от возстаниците.\n10. Които турци ще ся противат, возстаниците имат право да им изгорят жилищата да ги грабат и да ги убиват.\n11. Кой Харамия или востаник, или доброволец ще забира турска или Християнска жива стока и ще я прекарва во свободна Болгария за да я продава там, таковаго главното управление на возстанието ще го преслеуява и ще го предава на подобающето нему наказание безотговорно.\n12. Возстаник, доброволец или харамия, който е дал клетва и е записан в числото на возстаниците ако не прави това, що му заповедва главното управление, но прави нечто без знание и без заповед на управлението, то таков се изхръля из числото на возстаниците и за измена\nна клетвата си се преследва с смъртно наказание решение.\n13. Пияница и курвар не се приима в числото на возстаниците.\n1879 г. 20 февруари\nДокументот се чува од А. Станкова, Повдив.\nИзвор: Съпротивата срещу берлинския договор, Кресненското въстание – Български патриарх Кирил – 1955 – Издание на Българската академия на науките\nen:\nbg:Правила на Македонски возстаннически комитет в 1878-1879", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82_-_1879", "word_count": 475, "cyrillic": 0.996}
{"id": "8940", "title": "Писмо од Илинденската Организација до Владата на слободна Македонија", "text": "ИЛИНДЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА\nНо 58\n10 јули 1946 год.\nСофија\nул. Пирот 5, Тел. 2-19-32\nДо Поч. ЗЕМСКИ ОДБОР\nНА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ ФРОНТ\nво Скопје\nДраги другари,\nПосмртните останки на Гоце Делчев - првоапостолот на Македонското ослободително движење - во 1917 г. беа извадени од гробното место во с. Баница, Серско, исчистени од покојниот Гоцев соборец Михаил Чаков, а во 1920 г. при основањето на Илинденската организација, тој ги предаде на нашата организација. Се изврши молебен, цела седмица специјалниот саркофаг стоеше во црквата „Св. Недела“, каде што илјадници македонски емигранти проврвеа на поклонение. Предавањето беше свечено, се состави протокол, беше потпишан од завештателот и од нашето Раководно тело, кое со клетвена декларација го превзеде задолжението да ги пази како зеницата во окото, да ги предава на идните раководни тела на организацијата, и кога Македонија ќе биде ослободена Раководното тело на Илинденската организација да го пренесе саркофагот во престолнината на Македонија и да го предаде на соодветната македонска власт. Повеќе од четвртина век нашата организација ги чува како реликвија Гоцевите посмртни останки и деноноќно свети кандило.\nНашиот претседател, др. Стефан Аврамов, кој присуствувал на примо-предавањето , на едно заседание во м. октомври 1944 г., на кое учествуваа и др. др. Мартулков и Гермов, изјави дека е веќе време да бидат пренесени во Скопје. Во м. декември истата година тој поднесе предлог и до Народноослободителниот фронт во Скопје.\nНа 1. април 1946 г. нашиот претседател во присуство на Гоцевите сестри повторно предложи саркофагот да биде пренесен на 5 мај оваа година во време на свеченостите за Гоце во Скопје. На тој негов предлог се противставија сите членови на Раководното тело и домашните на Гоце, зашто не била уште целосно ослободена Македонија.\nВо м. мај оваа година нашиот претседател говорел со некои другари од Н.О.Ф. во Скопје, кога ви објаснил да се обратите со официјално писмо до Илинденската организација и да испратите комисија од НОФ, која заедно со Раководното тело ќе го пренесе саркофагот во Скопје. Тој го смета ова за голем политички чин да се стави точка на великобугарскиот шовинизам, чии агенти се решителни противници на тоа пренесување.\nДошло до недоразбирање. Наместо да се обрнете до нашата организација, сте го упатиле писмото од 25 јуни о.г. до Македонскиот национален комитет за пренесување на посмртните останки на Гоце.\nНашето раководно тело е одговорно пред конгресот и опшественото мислење, затоа што го превзело долгот да ги пази и предаде на законските власти во слободната македонска држава и неопходно е да има писмен документ од Земскиот одбор за таа цел.\nСношти нашиот претседател со специјална комисија ги посети Гоцевите блиски, и ги покани да присуствуваат на предавањето на посмртните останки на Гоце на Земскиот одбор на НОФ во Скопје. Тој побрза да го стори тоа зашто рабра дека злосторните врагови на Македонската народна република правеле постапки пред нив да не се согласат. Претседателот ни изложи дека дека тој, како пазител на тие посмртни останки ќе ја исполни повелбата на завештателот, но ги кани и тие да се придружат на процесијата која ќе биде акт на солидарност и љубов спрема младата слободна Македонска република. Гоцевите живи сестри и роднини од браќа и сестри го прифатија тој братски предлог со радост. Го поканивме и најблискиот другар на Гоце - Туше Делииванов. Кога претседателот го извести дека тој е избран за почесен пратеник на АСНОМ, чувства го совладаа и немаше сила да проговори.\nОткако ви го образложивме сево ова, ве молиме да го упатите официјалното писмо до Илинденската организација да го пренесе саркофагот во Скопје. Со тоа сметаме дека ќе се исполни повелбата на завештателот М. Чаков, од една страна, и од друга, со потпишување на протокол во Скопје по примо-предавањето ќе го исполниме нашиот долг на пазител, зашто во иднина пазител на тие свети посмртни останки ќе биде НОФ.\nВе молиме веднаш да бидеме писмено известени кога ќе се случи тоа пренесување, на кој граничен премин ќе бидеме пречекани, зашто треба да ги поканиме претседателите на нашите друштва во Варна, Бургас, Шумен, Пловдив, Плевен, Горна Џумаја, Попово, Видин, Стара Загора, Сливен и Тополовград да присуствуваат на тој свечен акт.\nВо очекување на Ваш брз одговор, ве оставаме со братски поздрави:\nПретседател: С. Аврамов (Потпис на др. Стефан Аврамов)\nСекретар: Б. Проданов (Потпис)\nen:A letter from the Ilinden Organization to the Government of the free Macedonia\nbg:Писмо от Илинденската организация до правителството на Свободна Македония", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на Бугарија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B4%D0%BE_%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 720, "cyrillic": 0.979}
{"id": "8980", "title": "Стојанка млада партизанка", "text": "Стојанка млада партизанка\n:Последниот час веќе наближил,\n:се кинат, дробат темни облаци,\n:зора се зори, сонце изгрева,\n:в чета се берат одбор јунаци.\n:Селата пиштат, јачат горите:\n:„Ој, судбо, судбо клета проклета\n:што не раздели од најмилите.“\n:Само Стојанка брата не жали,\n:не рони солзи проклетна,\n:не колне судба, судба страдна;\n:облече срма руба комитска,\n:нарами пушка, сабја запаша.\n:Тргна Стојанка брата да втаса\n:и неговата дружина.\n:„Горо ле горо, горо зелена,\n:шумо бујата, криеш ли брата\n:со храбра чета, верна дружина,\n:со црвен барјак в борба прославен?“\n:„Стојано, Стојанке, млада партизнке,\n:на мила брата лика прилика,\n:мила ти брата добро познавал.\n:Кога се борба силна водеше\n:со проклет душман, клети фашисти,\n:тој падна Стојне, падна јуначки\n:и славно знаме тој не усрами…“\n:Не плаче Стојанка, лице не грди.\n:Срцето и е машко, јуначко;\n:Извика песна на глас комитска,\n:гора ја слуша, лисја треперат:\n:„Ако во борба брате загина,\n:предвреме ако младост изгуби,\n:лесна да ти е, брате земјата;\n:ти имаш сестра да те замени:\n:нема да фрлам руба јуначка,\n:нема да оставам пушка убојна\n:Македонија дури е робиња,\n:дури ја грабат клети душмани.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0", "word_count": 184, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8913", "title": "Мисли за болгарскиот јазик - Партенија Зографски", "text": "МИСЛИ\nЗА\nБОЛГАРСКИОТ ЈАЗИК\nИ други пот сме кажале, пак сега кажуваме, што за да может да се составит еден обштиј писмениј јазик прво е потребно да излезат на јаве сите местни наречија и идјотизми на јазикот ни, врху които обштиот јазик имат да се ѕидат: догде не се направит тоа нешто, никој не может и неимат право да судит и да редит за обштиј писмениј јазик, основуваешти се на едно толко, кое и да е оно, наречие; и секое подобно судење и редење, како не полно, ќа е суетно и безплодно.\nНашиот јазик, како што е познато, се делит на две главни наречија, от кои едното се говорит во Болгарија и Тракија, а пак другото во Македонија. Првото от них веќе е сем известно; зашто се што се писало до сега на наш јозик се на него се писало, а на другото ни гри: по таја причина, што возраждението на нашата писменост се почна осгора на долу. Оваја е причината што не толку иностаните славјанисти но и од истите наши учени, што не принадлежат на Македонското наречје, немает за него некакво основателно и определено понјатие. За да изведеме на свет Македонското наречје со сите негови обшти и местни идјотизми, до колко е то нам возможно, мие имаме намерение да составиме на него грамматика в параллел со другото; но понеже тоа наше намерение может мало да се позабавит, мие сега излагаме кратко главните негови особености относително кон другото наречје.\nМакедонското наречје не толко не требет и не может да бидет исклјучено от обштијот писмениј јазик, но добро ќа беше ако оно сја примаше за главна негова основа; по таја причина што оно е по полнозвучно, по плавно и по стројно, и в много отношенија по полно и по богато. Претставители на тоа наречје се југозападните страни на Македонија.\nПрвата и најголемата разлика, што суштествуват по меѓу двете наречја, состоит, според нашето мнение, в различното им произносување или словоударение: Така Македонското наречје обикновено лјубит да ударат в начало на словата, а напротив другото на конец, така што в првото наречје вие никој пат не можете да сретните слово с ударение на последнијот слог, кога напротив тоа посленото в повеќето слова ударат на окончанието. Овде Македонското наречје се сблизуват со Србското.\nОсвен тоа в Македонското наречје находиме уште следујуштите особености:\n1) Оно не трпит следујуштите шипјашти букви Ж и Ш пред Д и Т, и в таков случај последните или се умјагчавает или сохранувает тврдото свое произношение.\n2) Буквата А секога имат полно и јасно произношение, а не, како в другото наречје, стривнето и полугласно.\n3) Е и О ни в каков случај не си изменувает своето произношение, како в другото наречје, првата на И а другата на У.\n4) Ъ и Ь сочувале своет полугласје там, где и во другото наречје, и толко в едно поднаречје се превратиле во полногласна О, како: Корст, Цорков, Ворт, полн, Ворт, Торга и проч. на место: Кьрст, Цьрков, Вьрт и проч.\n5. Ѣ секога, без исклјучение, се произносит како чисто Е, и никога не звучит како Ѧ, како што стават в другото наречје. Ако да не беше тоа разногласие в произношението оваа буква можеше совршено да се изметнет от новоболгарската писменост. Сега на прв пот мие ја оставаме на страна, до где видиме и разсудиме по добре за нејзината судба.\n6. Х или со сем се остават како на пример: ода, убаво, оро, арно, пишеа или одеа, стоеа и пр, на место хода, хубаво, ходеха, стоеха и пр. или се произносит како ф: пишеф, читав, праф, фала, фрла на место: пишех, прах, хвала и пр. или наконец како в: уво, бьлва и пр. наместо ухо, бьлха. Правила за тоа ќа се изложат во грамматиката.\n7. Членовите од местоименијата ов и он, за които некога подробно бехме писале и пак имаме да пишими за спровргнеме некои ложни мненија, што суштествувает за них.\n8. Склоненијата на собствените имјани поуцелеле в Македонското наречје, отколи в другото, како имаме да видиме в грамматиката.\n9. Средните имиња, што кончавает на ле и ре и сите ималителни в множествено число кончавает на иња, а не на ета, како: поле полиња, море мориња, момче, момчиња, книже книжиња.\n10. Третото единствено лице в настојаштето време в изјавително наклонение сохрануват старото окончание т.\n11. Третото множествено лице на тоа исто време имат различно, според биде-ст и глаголи-ст и поднаречјето, окончание, заштото не е овде место да излагаме подробно правила за тоа нешто.\n12. Македонското наречје имат деепричастие.\n13. Рогатата буква Ѫ в Македонското наречје се произносит како чисто А, а в некои места како О, на пример, рака, мака, лажа, каде, маж и пр. или рока, мока, пот, ложа и пр. на место рѪка, мѪка, пѪт и пр. Толко во едно поднаречје она е сохранила, и то толко во гореспоменутите случаи, сиреч кога она е корена буква. Оваа буква и в другото наречје не е сохранена освен в гореспомеутите случаи, сиреч в тие не много слова, где она се находит во среде. Следователно ако држиме мие едно начало, сиреч да пишиме според сегашното произношение, како што и требет да правиме, ако сакам да не падаме во противоречие и да не сатруднјаваме правописанието без секоја нужда и полза, Ѫ не требет да се употреблјават освен в гореспоменутите случаи.\nТака убо противоречат себе си, две начала принимаешти, тие, што пишат винителнији падеж в женските имена со Ѫ, ибо ако подражајуште на старината клавает тие Ѫ во винителниј падеж, без да го произносат, тога требет да постапат така точно и относително другите падежи: родителнијот и дателнијот, сиреч и них да и пишат: провиот со ЪІ а другиот со Ѣ, ибо они така кончавале в старо време, и тога каде ча стигнеме? Ќа стигнеме таму, што да примеме старите окончанија на падежите. Ако имает такво намерение тие, што прават така тоа е друго нешто но в таков случај требет тие строго да се држат за тоа начало, а не да шавает там и сам. Но можат да ни кажат, што тие ја употребјавает во винителниј падеж и в други подобни случаи не за други нешто, колку за тоа, што тамошната окончателна буква, сиреч А, полугласно се произносит; и понеже в старо време в подобните места стојала полугласната буква Ѫ, за тоа сега мие Ѫ клаваме таму. Но пак и в таков случај се раздат противоречие ибо мие знаеме, и погоре рекохме, што в некои стани А немат јасниј и тврдиј свук, а слаб и полугласен, особено кога она е наконец. Следователно ако по таја причина вие винителниот падеж пишите со Ѫ, тога требете сите падежи на единственото число в женските имина и на множествено число в средниј род да и пишите со Ѫ; зашто сите тие имает совршено еднакво произношение без окончанието, и в таков смисл мие имаме толко еден падеж. Но која от двете е по полезно да употребите А или Ѫ, очевисно е што А, ибо немат за ваш хатер сијот народ да предчуват и да кршит јазикот си наво полугласно произнесување там, где он навикнал да произносит полно и слободно; не што станет он на секое, где му се сретит вашето Ѫ да се приготвуват и настројуват устата за да го произнесет правилно.\nТоа што казахме за Ѫ можеме да кажеме и за ЪІ. Понеже оваја буква имат совршено еднакво произносување со и, и николку не се отличуват от него нужно е, според нашето мнение, да се изврлит от новоболгарската писменост како совршено негодниј член. В тако случај етимологијата ништо немает да пострадат; ибо она ште се отврждават на сегашното произношение. Ништо не казувает тие, што викает, та, ако изхврлиме ЪІ и други подобни букви, што возникнат голема неудобства в словопроизводството ако некои докажат тоа нешто мие сме готови да се уклониме от своето мнение.\nПри ова кратко изложение присовкупуваме неколку народни песни на Македонското наречје, кои в много отношенија се љубопитни.\n1.\nСЬлнцето ми е на заод.\nСамовила е зад гора.\nМиче војвода пред неја.\nБрза е коња водеше,\nЦрвен е бајрак носеше,\nМирче војвода говорит:\nСамовило ле мајко ле,\nДоста ти кона поводиф;\nдоста ти бајрак поносиф.\nА Самовила говорит:\nПоводи Мирче поводи,\nИ црвен бајрак поноси\nДо зеленине ливаде,\nдо студенине кладенци.\nТамо се женит Јанкула.\nДевет си сестри канило,\nДесета сестра не кани,\nДесета сестра коприна.\nКоприна во двор седеше,\nДрумка си керка чешлаше,\nГрумко ле керко, Грумко ле,\nКога ќа одиш у вујка,\nУ вујка керко на свадба,\nДа в фатиш оро наокол;\nДа и пуштиш саја до земи,\nДа и кренеш превез от очи,\nДа и догледат вујко ти,\nВујко ти керко Јанкула:\nОт е вујко ти неверен,\nНеверн керко без вера;\nА и ми ти кренет срамота.\nГрумка отиде на свадба,\nГрумка си мајка не почу,\nСи фати оро наокол,\nСи пушти саја до земи,\nСи крена превез от очи.\nМи ја догледа вујко е,\nВујко е лето говорит:\nСватови бели сватови,\nНе приполивте пушките;\nНе презобавте коните;\nНевеста ни е во дворе.\nГрумка си вујка дочула\nИ љуто ми проколнала,\nОф леле Боже милечек.\nЗароси роса крвава,\nИ погорешти камење,\nПотапчите го вујка ми,\nвујка ми Боже Јанкула.\nКако ми Грумка прок’лна\nПуста се клетва фатила,\nЗароси роса крвава,\nИ погорешти камење,\nИ потолкое вујка е.\n2.\nШто е врева во поројна црков,\nАли грмит ил се земја тресет?\nНи ми грмит ни се земја тресет\nСе венчават Милош со невеста.\nЕ постиснал прсти со прстени\nТаја му се нему милно молит,\nА Милоше мое мило добро\nНе стискај ми прсти со прстени.\n3.\nПохвалил се богатијот\nЈа су богат и пребогат,\nТук се нашат и понашат\nКако риба во глобина.\nКако орел во вишина\nКако овца с руго јагне,\nКако лоза с бело грозе\nen:Translation:Thoughts about the Bolgarian language\nbg:Мисли за болгарскиот язик", "subject": ["Македонски јазик", "Бугарски јазик"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA_-_%D0%9F%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%97%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 1603, "cyrillic": 0.995}
{"id": "8992", "title": "Спроти Илинден", "text": "Спроти Илинден\n:Гумно е.\n:Под копитата тешки на којни\n:се рони клас по клас.\n:По гумејната жешки горат селаните –\n:скап е секој час!\n:Сонцето печит,\n: потта течит\n: ко река\n:полека,\n:полека.\n:Лебот се берит,\n:плодот се мерит\n: (на маките со маки),\n:сонцето врвит зад горите…\n:Фрлејте ји вилите,\n:пуштејте ји којните,\n:починејте\n:на овој свет ден\n:И л и н д е н!\n:Ко вчера да беше,\n:ко овој час –\n:се вдаде глас:\n: „Станејте!“\n:Првата пушка пукна,\n: оган и крв.\n:::Часот последен чукна:\n: „Умрејте за да живејте!“\n:Робот се дигна,\n:Пламен се вивна,\n: пламна\n: село,\n: град…\n:Се стресе душман\n:бездушен султан\n:и посеј\n: чемер\n: јад.\n:Македонија мачна родена\n:пак пропадна\n:и поробена остана.\n:Утре е Илинден\n: свети ден.\n:Гумно е.\n:Под нозете на работниците\n:и на селаните\n:од Македонија\n:и од сиот свет\n:нека падне овој систем клет.\n:Време е плодот да се берит,\n:фрлејте ји вилите,\n:грабнејте ји косите,\n:удрејте ги тираните.", "subject": ["Македонски песни", "Мите Боговски"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8_%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD", "word_count": 153, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7171", "title": "Езра (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Кир им помага на прогонетите да се вратат\n<sup>1</sup>Во првата година на Кир, царот на Персија, за да се исполни зборот ГОСПОДОВ кажан преку Еремија, го покрена ГОСПОД духот на Кир, царот на Персија, па тој состави писмен проглас и го објави низ целото негово царство:\n<sup>2</sup>вака вели Кир, царот на Персија:\n„Јахве, Бог на небесата, ми ги даде сите царства на земјата, и ме назначи да изградам за Него храм во Ерусалим, во Јуда.\n<sup>3</sup>Секој кој е меѓу вас од Неговиот народ, Бог нека е со него, нека оди во Ерусалим, во Јуда, и нека го гради храмот на Јахве, Бог на Израел, Бог Кој е во Ерусалим.\n<sup>4</sup>И сите луѓе од оние места каде што сега живеат преживеаните, нека ги обезбедат со сребро, злато, имот и добиток, со доброволните приноси за храмот на Бог Кој е во Ерусалим.“\n<sup>5</sup>Тогаш се подготвија главите на семејствата од Јуда и Бенјамин, свештениците и Левитите, сите чии срца беа покренати од Бог, и тргнаа да одат да го градат храмот на ГОСПОД, Кој е во Ерусалим.\n<sup>6</sup>Сите нивни соседи им помогнаа со сребрени и златни предмети, со имот, добиток и скапоцени дарови, како додаток на она што беше дадено како доброволен прилог.\n<sup>7</sup>Царот Кир ги извади предметите кои му припаѓаа на храмот ГОСПОДОВ, а кои Невухаднессар ги однесе од Ерусалим и ги стави во храмот на неговите богови.\n<sup>8</sup>Ги извади Кир, царот на Персија, преку благајникот Митредат, и му ги изброи на Шешбассар, кнез на Јуда.\n<sup>9</sup>Ова е нивниот список:\n*златни чинии - 30,\n*сребрени чинии - 1000,\n*ножеви - 29,\n<sup>10</sup>*златни пехари - 30,\n*соодветни сребрени пехари - 410,\n*други предмети - 1000.\n<sup>11</sup>Сите предмети од злато и сребро беа 5400. Сето тоа Шешбассар го донесе кога прогонетите се вратија од Вавилон во Ерусалим.\n= Глава 2 =\n2 Список на прогонетите што се вратиле\n<sup>1</sup>Ова се луѓето од областа кои се вратија од ропство, од прогонството во Вавилон во кое ги беше зел Невухаднессар, царот на Вавилон, и се вратија во Ерусалим и Јуда, секој во својот град,\n<sup>2</sup>кои дојдоа со Зерувавел,\n*Јешуа,\n*Нехемја,\n*Сераја,\n*Реелаја,\n*Мордахај,\n*Билшан,\n*Миспар,\n*Бигвај,\n*Рехум,\n*Баана,\nсписок на луѓето од Израел:\n*<sup>3</sup>потомци на Парош - 2172,\n*<sup>4</sup>на Шефатија - 372,\n*<sup>5</sup>на Арах - 755,\n*<sup>6</sup>на Пахат Моав, преку наследниците на Јешуа и Јоав - 2812,\n*<sup>7</sup>на Елам - 1254,\n*<sup>8</sup>на Затту - 945,\n*<sup>9</sup>на Заккај - 760,\n*<sup>10</sup>на Бани - 642,\n*<sup>11</sup>на Бевај - 623,\n*<sup>12</sup>на Азгад - 1222,\n*<sup>13</sup>на Адоникам - 666,\n*<sup>14</sup>на Бигвај - 2056,\n*<sup>15</sup>на Адин - 454,\n*<sup>16</sup>на Атер, преку Хезекија - 98,\n*<sup>17</sup>на Бесај - 323,\n*<sup>18</sup>на Јора - 112,\n*<sup>19</sup>на Хашум - 223,\n*<sup>20</sup>на Гиббар - 95,\n*<sup>21</sup>потомци од Витлеем - 123,\n*<sup>22</sup>од Нетофат - 56,\n*<sup>23</sup>од Анатот - 128,\n*<sup>24</sup>од Азмавет - 42,\n*<sup>25</sup>од Киријат Арим, Кефира и Беерот - 743,\n*<sup>26</sup>од Рама и Гева - 621,\n*<sup>27</sup>од Михмас - 122,\n*<sup>28</sup>од Бет Ел и Аи - 223,\n*<sup>29</sup>од Нево - 52,\n*<sup>30</sup>од Магбиш - 156,\n*<sup>31</sup>од другиот Елам - 1254,\n*<sup>32</sup>од Харим - 320,\n*<sup>33</sup>од Лод, Хадид и Оно - 725,\n*<sup>34</sup>од Јерихо - 345,\n*<sup>35</sup>од Сенаа - 3630.\n<sup>36</sup>Свештеници: потомци на Једаија,\n*преку семејството на Јешуа - 973,\n*<sup>37</sup>на Иммер - 1052,\n*<sup>38</sup>на Пашхур - 1247,\n*<sup>39</sup>на Харим - 1017.\n<sup>40</sup>Левити, потомци на Јешуа и Кадмиел,\n*преку потомците на Ходавија - 74.\n*<sup>41</sup>Пејачи, наследници на Асаф - 128.\n*<sup>42</sup>Потомци на вратарите, потомци на Шаллум, Атер, Талмон, Аккув, Хатита и Шовај, вкупно - 139.\n<sup>43</sup>Слуги во храмот,\n*потомци на Сиха, Хасуфа, Таббаот,\n*<sup>44</sup>Керос, Сиаха, Падон,\n*<sup>45</sup>Левана, Хагава, Аккув,\n*<sup>46</sup>Хагав, Шалмај, Ханан,\n*<sup>47</sup>Гиддел, Гахар, Реаија,\n*<sup>48</sup>Ресин, Некода, Гиззам,\n*<sup>49</sup>Узза, Пасеах, Бесај,\n*<sup>50</sup>Асна, Меуним, Нефусим,\n*<sup>51</sup>Бакбук, Хакуфа, Хархур,\n*<sup>52</sup>Баслут, Мехида, Харша,\n*<sup>53</sup>Баркос, Сисера, Темах,\n*<sup>54</sup>Несијах и Хатифа.\n<sup>55</sup>Потомци на слугите на Соломон:\n*потомци на Сотај, Хассоферет, Перуда,\n*<sup>56</sup>Јаала, Даркон, Гиддел,\n*<sup>57</sup>Шефатија, Хаттил, Похерет, Хассевајим и Ами,\n<sup>58</sup>вкупно слуги во храмот и потомци на слугите на Соломон - 392.\n<sup>59</sup>Следните дојдоа од Тел Мелах, Тел Харша, Керув, Аддон и Иммер, но не можеа да ги покажат семејните стебла, и тоа дали се тие потомци од Израел.\n<sup>60</sup>Потомците на Делаија, Товија и Некода - 652.\n<sup>61</sup>А од потомците на свештениците: Потомци на Ховаија, Хаккос, Барзиллај (оној кој се ожени со една од ќерките на Барзиллај Гилеадецот и беше наречен според името на својата жена).\n<sup>62</sup>Тие ги бараа своите семејните записи, но не можеа да ги најдат, па беа исклучени од свештенство.\n<sup>63</sup>Потоа нареди управителот за нив да не јадат од најсветите од светите нешта, сѐ додека не послужи свештеник со Урим и Тумим.\n<sup>64</sup>Сите заедно броеја 42360,\n<sup>65</sup>а освен нив дојдоа и 7337 слуги и слугинки, и 200 мажи и жени пејачи.\n<sup>66</sup>Имаа 736 коњи, 245 мазги,\n<sup>67</sup>435 камили и 6720 магариња.\n<sup>68</sup>Кога стигнаа во домот Божји, што е во Ерусалим, главите на семејствата дадоа доброволни приноси за да се изгради домот Божји на неговото место.\n<sup>69</sup>Според своите можности тие дадоа во благајната за оваа работа 61000 драхми злато, 5000 мини сребро и 100 свештенички облеки.\n<sup>70</sup>Свештениците, Левитите, други луѓе од нараодот, пејачите, вратарите и слугите во храмот се населија во своите градови, и така сите Израелци што се прибраа во своите градови.\n= Глава 3 =\n3 Обновување на жртвеникот\n<sup>1</sup>Кога дојде седмиот месец и синовите Израелеви беа во своите градови, се собраа луѓето сложно, како еден човек во Ерусалим.\n<sup>2</sup>Тогаш Јешуа, синот на Јосадак, неговите пријатели свештеници, и Зерувавел, синот на Шеалтиел, заедно со неговите придружници, започнаа и го изградија жртвеникот на Израелевиот Бог, за да принесат на него жртва паленица, како што е запишано во Законот на Божјиот човек Мојсеј.\n<sup>3</sup>И покрај тоа што се плашеа од околните народи, тие го изградија жртвеникот врз неговите стари темели, и принесоа на него жртви паленици за ГОСПОД, жртви за наутро и за навечер.\n<sup>4</sup>Потоа го прославија празникот на Колибите, како што е напишано, со жртви паленици за секој ден, во оној број колку што се пропишани за секој ден.\n<sup>5</sup>А после тоа принесоа жртви паленици за Младата Месечина, за сите свети празници на ГОСПОД и за сите донесени доброволни прилози за ГОСПОД.\n<sup>6</sup>На првиот ден од седмиот месец почнаа да принесуваат жртви паленици за ГОСПОД, иако темелите на храмот ГОСПОДОВ сѐ уште не беа поставени.\n4 Обновување на храмот\n<sup>7</sup>Дадоа пари за ѕидарите и дрводелците, храна, пијалок и масло за Сидонците и Тирјаните, за да донесат кедрова граѓа од Либан, по море до Јафо, како што ги беше овластил Кир, царот на Персија.\n<sup>8</sup>Во втората година од нивното пристигнување во Божјиот дом во Ерусалим, во вториот месец, Зерувавел, синот на Шеалтиел, Јешуа, синот на Јосадак, и остатокот од нивните браќа, свештениците и Левитите, заедно со сите што се вратија во Ерусалим од заробеништво, започнаа да работат и назначија Левити постари од дваесет години возраст, за надзорници над градењето на домот ГОСПОДОВ.\n<sup>9</sup>Јешуа, неговите синови и браќа, Кадмиел, неговите синови, потомците на Јехуда, синовите на Хенадад, нивните синови и браќа - сите Левити, се приклучија како еден да ја надгледуваат работата на Божјиот дом.\n<sup>10</sup>Кога градителите ги поставија темелите на храмот ГОСПОДОВ, свештениците облечени во своите одежди, со труби, и Левитите, синовите на Асаф, со кимвали, ги зазедоа своите места за да го слават ГОСПОД, како што е пропишано од Давид, царот на Израел.\n<sup>11</sup>Пееја, славеа, и Му оддаваа благодарност на ГОСПОД: „Добар, добар е Тој! Љубовта Негова кон Израел вечно ќе трае!“ А сиот народ викаше силно, славејќи го ГОСПОД, затоа што се поставија темелите на домот ГОСПОДОВ.\n<sup>12</sup>Многу од свештениците, Левитите и главите на семејствата кои беа постари и го беа виделе претходниот храм, кога ги поставија темелите на овој храм, заплакаа и силно залипаа, додека насобраните луѓе силно викаа од радост и среќа.\n<sup>13</sup>Никој не можеше да разликува што е од радост, а што од липање, затоа што луѓето правеа силна бучава и таа се слушаше на далеку.\n= Глава 4 =\n5 Противење на обновата\n<sup>1</sup>Кога слушнаа непријателите на Јуда и Бенјамин дека синовите на прогонетите го градат храмот на ГОСПОД, Бог на Израел,\n<sup>2</sup>дојдоа кај Зерувавел и кај главите на семејствата, и им рекоа:\n„Пуштете нѐ да градиме со вас, затоа што, како и вие, и ние го бараме вашиот Бог, и Нему му принесуваме жртви, уште од деновите на Есар Хадон, царот на Асирија, кој нѐ донесе овде.“\n<sup>3</sup>Но Зерувавел, Јешуа и останатите глави на семејствата на Израел им одговорија: „Не може заедно да го градиме храмот на нашиот Бог. Ние сами ќе градиме за ГОСПОД, Бог на Израел, токму како што ни нареди царот Кир, цар на Персија.“\n<sup>4</sup>Тогаш луѓето од земјата почнаа да ги обесхрабруваат Јудејците, и да ги заплашуваат да градат.\n<sup>5</sup>Најмија против нив советници, за да ја осуетат нивната намера. Така беше во текот на целото владеење на Кир, царот на Персија, и на Дариј, цар на Персија.\n<sup>6</sup>А на почетокот од владеењето на Ксерксес, напишаа обвинение против жителите на Јуда и Ерусалим.\n<sup>7</sup>Во времето на Артаксерксес, Бишлам, Митредат, Тавеел и останатите нивни придружници му напишаа на Артаксерксес, царот на Персија, писмо, кое беше напишано со арамејска азбука и на арамејски јазик.\n<sup>8</sup>Заповедникот Рехум и секретарот Шимшај му го напишаа на царот Артаксерксес следното писмо против Ерусалим:\n<sup>9</sup>Рехум, заповедник, Шимшај, секретар и останатите нивни придружници, судии, луѓе на власт, луѓе од Триполис, Персијанци, Ерекијци, Вавилонци, Еламци од Суса,\n<sup>10</sup>и други народи кои ги пресели големиот и чесен Асурбанипал, и ги насели во градот Самарија, и насекаде во Транс - Еуфратија,\n<sup>11</sup>ова е препис на писмото што тие му го испратија на царот Артаксерксес:\n„Од твоите слуги, луѓе од Транс - Еуфратија,\n<sup>12</sup>Нека му биде познато на царот дека Евреите што од кај вас дојдоа кај нас, заминаа за Ерусалим, град бунтовен и зол, и таму ги обновуваат ѕидините и ги поправаат темелите.\n<sup>13</sup>Уште нека знае царот дека ако овој град се изѕида и ѕидините се обноват, данок, царина и такса тие нема да плаќаат и царскиот приход ќе страда.\n<sup>14</sup>А ние, затоа што сол од царскиот дворец јадеме, и не ни е право да гледаме како некој го понижува царот, заради тоа го испраќаме ова писмо, за да го известиме царот.\n<sup>15</sup>Тој може да побара во записите на летописите на неговите предци, каде што ќе најде запишано и ќе знае дека ова е бунтовен град и им задавал маки на цареви и области, а среде него се прават буни уште од старо време. Затоа овој град и беше уништен.\n<sup>16</sup>Го известуваме царот дека ако овој град се изгради и ѕидините се обноват, нема да остане за него дел во Транс - Еуфратија.“\n<sup>17</sup>Одговор што им го испрати царот на заповедникот Рехум, секретароат Шимшај, и нивните придружници што живеат во Самарија, и насекаде низ Транс - Еуфратија:\n„Поздрави!\n<sup>18</sup>Писмото што ни го испративте беше преведено и прочитано во мое присуство.\n<sup>19</sup>Од моја страна беше издадена наредба да се пребара и се најде дека тој град уште од старо време се бунтува против царевите, востанија и немири се случуваат во него.\n<sup>20</sup>Над Ерусалим владееле моќни цареви и владетели биле на цела Транс - Еруфратија. Нив им биле плаќани даноци, царини и такси.\n<sup>21</sup>Затоа сега издадете наредба и сопрете ги тие луѓе, за тој град да не биде обновен, сѐ додека од мене не се издаде таква наредба.\n<sup>22</sup>Внимавајте да не ја занемарите оваа работа! Зошто да расне таа закана штетна за царството?“\n<sup>23</sup>Веднаш штом на Рехум, секретарот Шимшај и нивните придружници им беше прочитан препис од писмото на царот Артаксерксес, итно заминаа за Ерусалим кај Евреите и со сила ги принудија да ја запрат работата.\n<sup>24</sup>Така запре работата на домот Божји што е во Ерусалим и мируваше сѐ до втората година од владеењето на царот Дариј, цар на Персија.\n= Глава 5 =\n6 Писмото од Татенај до Дариј\n<sup>1</sup>Пророкот Хагај и пророкот Зехарија, потомок на Иддо, им пророкуваа на Евреите кои се во Јуда и Ерусалим во името на Израелевиот Бог, Кој е над нив.\n<sup>2</sup>Тогаш Зерувавел, синот на Шеалтиел и Јешуа, син на Јосадак, се зафатија со работа и почнаа да го обновуваат домот Божји во Ерусалим, а со нив беа и прорците Божји и им помагаа.\n<sup>3</sup>Во тоа време отидоа кај нив Татенај, управител на Транс - Еруфратија и Шетар Бозенај, заедно со нивните придружници, и вакво прашање им поставија:\n„Кој ви даде овластување да го обновувате овој храм и оваа градба повторно да ја подигате?!“\n<sup>4</sup>А потоа прашаа:\n„Кои им се имињата на оние луѓе што ја градат оваа градба?“\n<sup>5</sup>Но окото Божјо беше над еврејските старешини и тие не застанаа, сѐ додека не стана можно да се испрати извештај за Дариј и да се добие од него пишан одговор во врска со оваа работа.\n<sup>6</sup>Препис на писмото што на царот Дариј му го испрати Татенај, управител на Транс - Еуфратија, заедно со Шетар Бозенај и нивните придружници, луѓе кои се на власт во Транс - Еуфратија.\n<sup>7</sup>Тие му испратија извештај, и во него вака пишуваше:\n„За царот Дариј! Срдечни поздрави.\n<sup>8</sup>Нека му биде познато на царот дека отидовме во областа Јуда, кај храмот на великот Бог. Таму се ѕидаат големи камења и се поставува дрвена граѓа во ѕидовите, а оваа работа вредно се спроведува и напредува во нивните раце.\n<sup>9</sup>Тогаш им поставивме прашање на старешините што беа таму и ги прашавме: „Кој ви даде овластување да го обновувате овој храм и оваа градба повторно да ја подигате?!“\n<sup>10</sup>Ги запрашавме исто така и за нивните имиња, за да те известиме, за да можеме да ги испишеме имињата на луѓето што се главни.\n<sup>11</sup>Ваков одговор ни дадоа: ,Ние сме слуги на Бог на небесата и земјата. Го обновуваме храмот што беше изграден пред многу години, оној што беше изграден и довршен од големиот израелски цар.\n<sup>12</sup>Но, затоа што нашите татковци го гневеа небесниот Бог, Тој ги предаде во раката на Халдеецот Невухаднессар, царот на Вавилон, а тој го разурна овој храм и луѓето ги пресели во Вавилон.\n<sup>13</sup>Меѓутоа, во првата година на Кир, царот на Вавилон, царот Кир издаде указ домот Божји да биде обновен.\n<sup>14</sup>Дури и златните и сребрени предмети од домот Божји кои Невухаднессар ги зеде од храмот во Ерусалим и ги однесе во храмот во Вавилон, царот Кир ги извади од храмот во Вавилон и му беа дадени на Шешбассар (така му е името на управителот што тој го назначи),\n<sup>15</sup>Потоа му рече: Овие предмети земи ги и приложи ги во храмот што е во Ерусалим, а домот Божји нека биде обновен на неговото место.\n<sup>16</sup>Така Шешбассар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим, и оттогаш па сѐ до сега тој се гради, но сѐ уште не е завршен.’\n<sup>17</sup>Сега, ако му е на царот така угодно, нека се пребара во царските архиви што се во Вавилон, дали царот Кир навистина издал указ да се обнови домот Божји во Ерусалим. Потоа, нека ни го испрати царското решение во врска со оваа работа.“\n= Глава 6 =\n7 Указот на Дариј\n<sup>1</sup>Тогаш царот Дариј издаде наредба и побараа во архивите на ризницата што е во Вавилон.\n<sup>2</sup>И беше најден свиток во престолнината Екбатана, која е во областа Медија, и вака пишуваше во него:\n<sup>3</sup><Во првата година на царот Кир, царот Кир издаде наредба во врска со храмот Божји во Ерусалим: Да се обнови храмот како место на кое ќе се принесуваат жртви, и нека бидат поставени неговите темели. Висината нека му биде шеесет кубити и ширината шеесет кубити,\n<sup>4</sup>со три реда големи камења и еден ред дрвена граѓа, а цената нека биде платена од царската благајна.\n<sup>5</sup>Златните и сребрени предмети од домот Божји кои Невухаднессар ги зеде од храмот во Ерусалим и ги донесе во Вавилон, да се вратат и да се однесат во храмот во Ерусалим, каде што им е местото, и да се приложат во домот Божји.“\n<sup>6</sup>Тогаш ти Татенај управителе на Транс - Еуфратија, Шетар Бозенај и вашите пријатели, кои владеат со Транс - Еуфратија, држете се настрана.\n<sup>7</sup>Не се мешајте во работата на храмот на овој Бог. Нека управителот на Евреите и нивните старешини го обноват домот на овој Бог на неговото место.\n<sup>8</sup>Од мене е издаден указ за тоа што треба да правите за старешините на Евреите, за да се изгради храмот на овој Бог, а од царската благајна, од приходот на Транс - Еуфратија во целост нека им се исплатат трошоците на овие луѓе, за работата да не застане.\n<sup>9</sup>Сѐ што ќе им биде потребно, телиња, овни, јагниња за жртви паленици на небесниот Бог, жито, сол, вино, масло, како што бараат свештениците кои се во Ерусалим, нека им биде давано секојдневно, без закинување,\n<sup>10</sup>за тие да можат да Му го жртвуваат она што Му е по волја на небесниот Бог, и да се молат за животите на царот и неговите синови.\n<sup>11</sup>Јас пак издавам указ со кој секој оној кој ќе се спротивстави на претходната наредба, од неговиот дом да се извади греда, да се исправи и да се обеси на неа, а неговата куќа да биде претворена во купишта шут.\n<sup>12</sup>А Бог, кој направил името негово да пребива таму, нека го собори оној цар или народ кој ќе крене рака да го уништи храмот на овој Бог во Ерусалим.\nЈас Дариј го издадов овој указ. Нека се спроведе по итна постапка.\n8 Довршувањето и осветувањето на храмот\n<sup>13</sup>Тогаш Татенај, управител на Транс - Еуфратија, Шетар Бозенај и нивните придружници, по итна постапка го спроведоа она што им го беше наредил царот Дариј.\n<sup>14</sup>Така старешините на Евреите градеа и напредуваа со помош на пророкувањето на пророкот Хаггај и Зехарија, син на Иддо, и завршија со градбата, според наредбата на Израелевиот Бог и указот на Кир, Дариј и Артаксерксес, цареви на Персија.\n<sup>15</sup>Овој храм се заврши на третиот ден од месецот Адар, во шестата година од владеењето на царот Дариј.\n<sup>16</sup>Тогаш Израелците - свештениците, Левитите и остатокот од прогонетите - со радост го прославија денот на посветувањето на овој Божји дом.\n<sup>17</sup>За посветувањето на Божјиот дом принесоа сто вола, двеста овни и четиристотини јагниња, а како принос за грев на целиот Израел, дванаесет јарци од козите, колку што е бројот на Израелевите племиња.\n<sup>18</sup>Застанаа свештениците и Левитите по групи, за да Му служат на Бог во Ерусалим, како што е напишано во Мојсеевата книга.\n9 Пасха\n<sup>19</sup>На четиринаесеттиот ден од првиот месец вратените од прогонство ја прославија Пасха.\n<sup>20</sup>Свештениците и Левитите се очистија и сите до еден беа чисти. Го заклаа пасхалното јагне за сите вратени од прогонство и за своите браќа, свештениците, и за себе.\n<sup>21</sup>И така синовите Израелеви, вратените од прогонство и сите оние што се одвојуваа од нечистотијата на околните пагански народи, јадеа од него, барајќи го така ГОСПОД, Бог на Израел.\n<sup>22</sup>Седум дена со радост го славеа празникот на Бесквасните Лебови, затоа што ГОСПОД ги исполни со радост, и му го промени срцето на асирскиот цар во нивна корист, за да им помогне во работата на Божјиот дом, домот на Израелевиот Бог.\n= Глава 7 =\n10 Езра доаѓа во Ерусалим\n<sup>1</sup>После овие настани, во текот на владеењето на Артаксерксес, царот на Персија, Езра,\n*синот на Сераија,\n*син на Азарија,\n*син на Хилкија,\n*<sup>2</sup>син на Шалум,\n*син на Садок,\n*син на Ахитув,\n*<sup>3</sup>син на Амарија,\n*син на Азарија,\n*син на Мерајот,\n*<sup>4</sup>син на Зерахија,\n*син на Уззи,\n*син на Букки,\n*<sup>5</sup>син на Авишуа,\n*син на Пинехас,\n*син на Елеазар,\n*син на Аарон, првосвештеникот,\n<sup>6</sup>тој Езра дојде од Вавилон. Езра беше учител кој добро го познава Мојсеевиот Закон, кој ГОСПОД, Бог на Израел им го даде. Царот му подари сѐ што тој побара, затоа што раката на ГОСПОД, неговиот Бог беше врз него.\n<sup>7</sup>Некои од Израелците, од свештениците, Левитите, пејачите, вратарите и слугите во храмот дојдоа во Ерусалим во седмата година на царот Артаксерксес.\n<sup>8</sup>Езра пристигна во Ерусалим во петтиот месец од седмата година на царот Артаксерксес.\n<sup>9</sup>Тој тргна на првиот ден од првиот месец и го започна своето патување од Вавилон, а на првиот ден од петтиот месец пристигна во Ерусалим, затоа што раката на неговиот Бог беше врз него за добро,\n<sup>10</sup>затоа што Езра се беше посветил во своето срце на учење на Законот ГОСПОДОВ и негово разгледување, да ги поучува Израелците на неговите укази и закони.\n11 Писмото од Артаксерксес до Езра\n<sup>11</sup>Еве го преписот од писмото што му го даде царот Артаксерксес на Езра, свештеник и познавач на Законот, учител на наредбите ГОСПОДОВИ, и указите Негови за Израел:\n<sup>12</sup><Артаксерксес, царот на царевите, за Езра, свештеник и учител на Законот на небесниот Бог. Биди поздравен.\nА сега\n<sup>13</sup>од мое име се издава указ со кој секој оној во моето царство, што е од народот Израелев, од свештениците и Левитите, ако сака може да оди со тебе во Ерусалим,\n<sup>14</sup>затоа што пред царот и пред неговите седум советници си испратен да истражуваш во врска со Јуда и Ерусалим, почитувајќи го Законот на твојот Бог, кој е во твоја рака.\n<sup>15</sup>Земи сребро и злато кое царот и неговите советници го даваат како доброволен принос за Израелевиот Бог, чие пребивалиште е во Ерусалим,\n<sup>16</sup>заедо со сето сребро и злато што можеш да го добиеш од сите вавилонски области, кое народот и свештениците ќе го дадат како доброволен прилог, за храмот на нивниот Бог во Ерусалим.\n<sup>17</sup>Затоа, со тие пари веднаш купи бикови, овни, јагниња, житни приноси и приноси во пијалок, и принеси ги на жртвеникот во храмот на вашиот Бог во Ерусалим.\n<sup>18</sup>Сѐ она што според тебе и според твоите браќа е добро да го направите со остатокот од среброто и златото, а е според волјата на вашиот Бог, тоа направете го!\n<sup>19</sup>Предметите што ти се доверени за служба во храмот на вашиот Бог испорачај Му ги на Бог во Ерусалим!\n<sup>20</sup>За сѐ друго што е потребно за храмот на вашиот Бог и можеш да го набавиш, можеш да обезбедиш средства од царската благајна.\n<sup>21</sup>А од моја страна, јас, царот Артаксерксес им издавам указ на сите благајници кои се во Транс - Еуфратија, сѐ што од нив ќе побара Езра, свештеник и учител на Законот на небесниот Бог, веднаш да му биде обезбедено,\n<sup>22</sup>сѐ до износ од сто таланти сребро, сто кора жито, сто бата вино, сто бата масло и сол без ограничување.\n<sup>23</sup>Сѐ што е пропишано од небесниот Бог, веднаш нека биде направено за храмот на небесниот Бог. Зошто да има гнев против царството на царот и неговите синови?!\n<sup>24</sup>Исто треба да знаеш дека на свештениците, Левитите, пејачите, вратарите и слугите што работат во храмот на овој Бог, никој нема овластување да им наложи данок, царина или такси.\n<sup>25</sup>А ти Езра, според мудроста на твојот Бог што ја поседуваш, назначи раководители и судии да ја спроведуваат правдата над целиот народ во Транс - Еуфратија, над сите што ги знаат законите на вашиот Бог, а оние што не ги знаат, научете ги!\n<sup>26</sup>Секој оној што не му се потчинува на законот на вашиот Бог и на законот на царот, веднаш мора да биде казнет, било со смрт, со прогонство, со запленување на неговиот имот или со затвор.“\n<sup>27</sup>Нека биде благословен ГОСПОД, Бог на нашите татковци, кој го стави ова во срцето на царот, за да се прослави домот ГОСПОДОВ, што е во Ерусалим,\n<sup>28</sup>и направи да добијам милост пред царот и неговите советници, пред сите моќни царски службеници. Заради тоа што ГОСПОД, мојот Бог беше со мене, се охрабрив и ги собрав поистакнатите луѓе од Израелците, па ги поведов со себе.\n= Глава 8 =\n12 Список на главите на семејствата што се вратиле со Езра\n<sup>1</sup>Ова се главите на семејствата и на оние запишани со нив, кои дојдоа со мене од Вавилон во текот на владеењето на царот Артаксерксес:\n*<sup>2</sup>од потомците на Пинехас - Гершом,\n*од потомците на Итамар - Даниел,\n*од потомците на Давид - Хаттуш,\n*<sup>3</sup>од потомците на Шеханија и од потомците на Парош - Зехарија и со него запишани 150 мажи,\n*<sup>4</sup>од потомците на Пахат Моав - Елиехоенај, син на Зерахија и со него 200 мажи,\n*<sup>5</sup>од потомците на Затту - Шеханија, син на Јахазиел, и со него 300 мажи,\n*<sup>6</sup>од потомците на Адин - Евед, син на Јонатан и со него 50 мажи,\n*<sup>7</sup>од потомците на Елам - Јешаија, син на Аталија и со него 70 мажи,\n*<sup>8</sup>од потомците на Шефатија - Зевадија, син на Михаел и со него 80 мажи,\n*<sup>9</sup>од потомците на Јоав - Овадија, син на Јехиел и со него 218 мажи,\n*<sup>10</sup>од потомците на Бани - Шеломија, син на Јосифија и со него 160 мажи,\n*<sup>11</sup>од потомците на Бевај - Зехарија, син на Бевај и со него 28 мажи,\n*<sup>12</sup>од потомците на Азгад - Јоханан, син на Хаккатан и со него 110 мажи,\n*<sup>13</sup>од потомците на Адоникам, ова се последните и нивните имиња се Елифелет, Јеиел, Шемаија, и со нив 60 мажи,\n*<sup>14</sup>од потомците на Бигвај - Утај и Заккур, и со нив 70 мажи.\n13 Враќањето во Ерусалим\n<sup>15</sup>Ги собрав кај каналот што тече кон Ахава и таму логорувавме три дена. Потоа направив проверка меѓу луѓето и свештениците, и не најдов ниту еден од синовите на Леви.\n<sup>16</sup>Ги свикав водачите Елиезер, Ариел, Шемаија, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Зехарија, Мешуллам и учените луѓе Јојарив и Елнатан.\n<sup>17</sup>Ги испратив кај Иддо, водачот на местото Касифија, им кажав што да му пренесат на Иддо и неговите роднини, слугите во храмот на местото Касифија, да ни доведат слуги за домот на нашиот Бог.\n<sup>18</sup>И затоа што раката на нашиот Бог беше за добро врз нас, тие ни доведоа способни луѓе од потомците на Махли, син на Леви, син на Израел: Шеревија и неговите синови и браќа - 18,\n<sup>19</sup>и Хашавија, а со него и Јешаија од потомците на Мерари, неговите синови и браќа - 20,\n<sup>20</sup>а од слугите на храмот и службениците што ги востанови Давид, за да им помагаат на Левитите - слуги во храмот 220, сите запишани по име.\n<sup>21</sup>Тогаш, покрај Ахавскиот канал, прогласив пост, за да се смириме пред нашиот Бог, да побараме од Него нашето патување да биде безбедно и за нас и за нашите деца и за целиот наш имот.\n<sup>22</sup>Ми беше срам да побарам од царот војници и коњаници за да нѐ штитат од непријатели по патот, затоа што му бевме кажале на царот дека раката Божја е врз нас за добро, врз сите што гледаат кон Него, а Неговиот голем гнев е против сите оние што Го забораваат.\n<sup>23</sup>Така ние постевме и Го молевме нашиот Бог за оваа работа, и Тој ни одговори.\n<sup>24</sup>Издвоив дванаесетмина од водачите на свештениците и со нив Шеревија, Хашавија и десетмина од нивните браќа,\n<sup>25</sup>им измерив сребро, злато и предмети, прилог за домот на нашиот Бог што го подари царот, неговите советници и службеници, и сите присутни Израелци,\n<sup>26</sup>им измерив на рака\n*650 таланти сребро,\n*сребрени предмети 100 таланти,\n*100 таланти злато,\n*<sup>27</sup>20 златни пехари,\n*1000 дарихии на тежина,\n*два добро измазнети бронзени предмети, скапоцени како злато,\n<sup>28</sup>па им реков: „Вие, како и овие предмети, среброто, златото и доброволниот прилог, сте Му посветени на ГОСПОД, Бог на вашите татковци.\n<sup>29</sup>Чувајте ги и бидете внимателни, сѐ додека не ги предадете и измерите на водачите на свештениците и Левитите, главите на семејствата на Израел, во Еруалим, во просториите на домот ГОСПОДОВ.“\n<sup>30</sup>Потоа свештениците и Левитите го зедоа среброто, златото и предметите, го измерија и го понесоа со себе во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.\n<sup>31</sup>На дванаесеттиот ден од првиот месец тргнавме од каналот Ахава кон Ерусалим, а раката на нашиот Бог беше врз нас и нѐ штитеше по пат од непријатели и разбојници.\n<sup>32</sup>Така пристигнавме во Ерусалим и се одморивме таму три дена.\n<sup>33</sup>На четвртиот ден го измеривме среброто, златото и предметите во домот на нашиот Бог, и му го предадовме на рака на Меремот, син на свештеникот Урија, а со него и на Елеазар, син на Пинехас, со нив беа и Левитите Јозавад, син на Јешуа, и Ноадија, син на Биннуи,\n<sup>34</sup>сѐ по број и по тежина, и тогаш беше попишана целата тежина.\n<sup>35</sup>Тогаш вратените од ропство, синовите на прогонетите, Му принесоа жртви паленици на Израелевиот Бог, дванаесет бика за цел Израел, девеесет и шест овни, седумдесет и седум јагниња и дванаесет јарци, како жртва за грев, сето тоа како жртва паленица за ГОСПОД.\n<sup>36</sup>Им ги пренесоа царските наредби на сатрапите и управниците на Транс - Еуфратија и тие им помогнаа на луѓето и на домот Божји.\n= Глава 9 =\n14 Молитвата на Езра за мешаните бракови\n<sup>1</sup>Откако сето ова се заврши, дојдоа кај мене водачите и рекоа: „Народот Израелев, свештениците и Левитите, не се држат на страна од околните народи, од одвратните обичаи на Канаанците, Хититите, Перезијците, Јевусијците, Амонците, Моавците, Египјаните и Аморејците.\n<sup>2</sup>Ги земаат ќерките нивни за себе и за своите синови, го мешаат светиот род со околните народи, а водачите и луѓето на власт предничат во ова неверство.“\n<sup>3</sup>Кога го слушнав ова нешто, ги раскинав наметката и облеката, почнав да си ја кубам косата и брадата, и седнав згрозен.\n<sup>4</sup>Се собраа околу мене сите што треперат пред зборовите на Израелевиот Бог, заради неверноста на вратените од прогонство, а јас седев згрозен сѐ до вечерната жртва.\n<sup>5</sup>Кога дојде времето на вечерната жртва, станав од мојата понизност, со раскината наметка и облека, клекнав на колена, ги раширив рацете накај ГОСПОД, мојот Бог,\n<sup>6</sup>и се помолив:\n„О, Боже мој, срам ми е и немам образ да го кренам лицето накај Тебе, заради нашите гревови кои се издигнаа над нашите глави, заради нашата вина која допре дури до небесата.\n<sup>7</sup>Во грев голем сме уште од деновите на нашите предци, па сѐ до денешен ден. Заради нашите гревови, ние, нашите цареви и свештеници бевме предадени на царевите од околните земји, на меч, ропство, грабеж и понижување, сѐ до денешен ден.\n<sup>8</sup>Но сега, за еден краток миг ГОСПОД, нашиот Бог беше милостив спрема нас, оставајќи преживеани од нас, остаток на кој му даде цврсто место во Неговото светилиште, за да ни даде нашиот Бог светло на очите и мало олеснување во нашето ропство.\n<sup>9</sup>Иако сме робови и сѐ уште сме во пранги, нашиот Бог не нѐ напушти и ни покажа милост во ликот на царот на Персија, да ни подари нов живот, да се обнови домот на нашиот Бог, да се поправат неговите урнатини и да ни дозволи да имаме ѕидини во Јуда и Ерусалим.\n<sup>10</sup>И што после ова да кажеме, Боже наш?! Ги занемаривме законите Твои\n<sup>11</sup>што ни ги даде преку Твоите слуги, пророците, велејќи: ,Земјата во која влегувате да ја запоседнете е земја загадена и расипана од народите што ја населуваат, од нивните одвратни обичаи со кои ја исполнија од крај до крај со нивната нечистотија.\n<sup>12</sup>Затоа ќерките ваши не давајте ги за нивните синови, и нивните ќерки не земајте ги за вашите синови. Немојте никогаш да им помагате да живеат во благосостојба и да напредуваат, за вие да станете силни, да ги јадете добрите плодови на таа земја и да им ја оставите на вашите деца засекогаш!’\n<sup>13</sup>И после сѐ што ни се случи, заради нашите зли дела, и нашата голема вина, сепак Ти, Боже наш се воздржа и нѐ казни помалку отколку што заслуживме според нашите гревови, ни даде да има преживеани, како што сме сега ние.\n<sup>14</sup>Треба ли сега пак да ги кршиме твоите наредби и да се мешаме со народите што имаат вакви одвратни обичаи? Нема ли да ни се налутиш, да нѐ уништиш, па да нема ниту поштеден, ниту преживеан!?\n<sup>15</sup>О ГОСПОДИ, Боже Израелев, праведен си! Ете, оставени сме во живот сѐ до денешниот ден. Еве нѐ пред Тебе во нашата вина, иако заради тоа никој од нас не би можел да остане исправен во Твое присуство.“\n= Глава 10 =\n15 Исповедање на гревовите\n<sup>1</sup>Додека Езра се молеше, се исповедаше липајќи, фрлајќи се на земја пред Божјиот дом, се собра околу него голема толпа Израелци, мажи, жени и деца, кои исто така плачеа и горко липаа.\n<sup>2</sup>Тогаш проговори Шеханија, син на Јехиел, од потомците на Елам, и му рече на Езра:\n„Неверни Му бевме на нашиот Бог и се женевме со жени туѓинки, од околните народи, но и покрај тоа има надеж за Израел.\n<sup>3</sup>Да направиме сега завет пред нашиот Бог и да ги избркаме сите жени и децата родени од нив, како што нѐ советува мојот господар и оние што треперат пред наредбите на нашиот Бог. Како што е според законот, така да направиме.\n<sup>4</sup>Стани, зашто од тебе зависи оваа работа, и ние сме со тебе. Собери храброст и направи ја!“\n<sup>5</sup>Тогаш стана Езра и ги натера да се заколнат водачите, свештениците, Левитите и сиот народ Израелев, за да постапат според тој предлог. И тие се заколнаа.\n<sup>6</sup>Потоа Езра се тргна од пред Божјиот дом и отиде во просторијата на Јехоханан, син на Елијашив. Откога замина, храна не јадеше и вода не пиеше, затоа што беше во жалост заради неверноста на вратените од прогонство.\n<sup>7</sup>Издадоа проглас во Јуда и Ерусалим: „Да се соберат во Ерусалим сите вратени од прогонство.\n<sup>8</sup>На оној што во рок од три дена не се појави, според решението на властите и старешините, ќе му биде запленет целиот негов имот, а тој ќе биде исфрлен од собранието на вратените од прогонство.“\n<sup>9</sup>На дваесеттиот ден од деветтиот месец се собраа во Ерусалим во рок од три дена сите мажи од Јуда и Бенјамин, и седнаа во дворот на Божјиот дом, вознемирени заради поводот за кој се собрани и заради дождовите.\n<sup>10</sup>Стана свештеникот Езра и им рече: „Неверни бевте и се оженивте со туѓинки, додавајќи така кон вината на Израел.\n<sup>11</sup>Исповедајте Му се сега на ГОСПОД, Бог на вашите татковци, и извршете ја неговата волја, одвојте се од околните народи и од жените туѓинки!“\n<sup>12</sup>Сите насобрани одговорија и силно извикаа: „Во право си! Така треба да направиме!“\n<sup>13</sup>„Сега има многу народ насобрано, а дождливото време не дозволува да стоиме надвор. Освен тоа оваа работа не може да се разреши во еден ден или два, затоа што во ова нешто сме направиле големи гревови.\n<sup>14</sup>Затоа нека работат сега оние што се на власт во име на целото собрание, и потоа сите кои се во нашите градови и се оженети со туѓинки, нека доаѓаат тогаш кога ќе биде за нив одредено, а со нив нека доаѓаат и старешините и судиите од нивниот град, сѐ додека не се одврати огнениот гнев на нашиот Бог од нас и од оваа работа.“\n<sup>15</sup>Само Јонатан, син на Асахел и Јахзеија, син на Тиква, се спротивставија, а Мешуллам и Левитот Шаббетај ги подржаа.\n<sup>16</sup>Потоа вратените од прогонство навистина така и направија. Свештеникот Езра одбра луѓе од главите на семејствата, според родовите на нивните татковци, и ги повика сите по име. Седнаа на првиот ден од десеттиот месец за да ја претресат оваа работа,\n<sup>17</sup>а на првиот ден од првиот месец завршија со сите луѓе кои беа оженети со туѓинки.\n16 Виновни за мешаните бракови\n<sup>18</sup>Се изнесе на виделина дека меѓу наследниците на свештениците следните луѓе беа оженети со туѓинки:\n*Од потомците на Јешуа, син на Јосадак, и неговите браќа: Маасеја, Елиезер, Јарив и Гедалија.\n<sup>19</sup>Тие дадоа рака, ветувајќи дека ќе ги избркаат нивните жени, а како жртва за грев принесоа овен од стадото.\n*<sup>20</sup>Од потомците на Иммер: Ханани и Зевадија.\n*<sup>21</sup>Од потомците на Харим: Маасеја, Елија, Шемаија, Јехиел и Узија.\n*<sup>22</sup>Од потомците на Пашхур: Елиоенај, Маасеја, Ишмаел, Нетанел, Јозавад и Еласа.\n*<sup>23</sup>Од потомците на Левитите: Јозавад, Шимеј, Келаија (кој што е Келита), Петахија, Јуда и Елиезер.\n*<sup>24</sup>Од пејачите: Елијашив, од вратарите: Шаллум, Телем и Ури.\n<sup>25</sup>А од останатите Израелци:\n*од потомците на Парош: Рамија, Иззија, Малкија, Мијамин, Елеазар, Малкија и Бенаија,\n*<sup>26</sup>од потомците на Елам: Маттанија, Зехарија, Јехиел, Авди, Јеремот и Елија,\n*<sup>27</sup>од потомците на Затту: Елоенај, Елиашив, Маттанија, Јеремот, Завад и Азиза,\n*<sup>28</sup>од потомците на Бевај: Јехоханан, Хананија, Заббај и Атлај,\n*<sup>29</sup>од потомците на Бани: Мешуллам, Малух, Адаија, Јашув, Шеал и Јеремот,\n*<sup>30</sup>од потомците на Пахат Моав: Адна, Келал, Бенаија, Маасеја, Маттанија, Бесалел, Биннуи и Манашшех,\n*<sup>31</sup>од потомците на Харим: Елиезер, Ишшија, Малкија, Шемаија, Шимеон,\n<sup>32</sup>Бенјамин, Маллух и Шемарија.\n*<sup>33</sup>од потомците на Хашум: Маттенај, Маттатта, Завад, Елифелет, Јеремај, Манашех и Шимеј,\n*<sup>34</sup>од потомците на Бани: Маадај, Амрам, Уел,\n<sup>35</sup>Бенаија, Бедеија, Келухи,\n<sup>36</sup>Ванија, Меремот, Елијашив,\n<sup>37</sup>Маттанија, Маттенај и Јаасај,\n<sup>38</sup>Вани, Биннуј, Шимеј,\n<sup>39</sup>Шелемија, Натан, Адаија,\n<sup>40</sup>Махнадевај, Шашај, Шарај,\n<sup>41</sup>Азарел, Шелемија, Шемарија,\n<sup>42</sup>Шаллум, Амарија, Јосеф,\n*<sup>43</sup>од потомците на Нево: Јеиел, Маттитија, Завад, Зевина, Јаддај, Јоел и Бенаија.\n<sup>44</sup>Сите тие се беа ожениле со туѓинки и од тие жени имаа деца.\n17 Забелешки", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B7%D1%80%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 5775, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8989", "title": "Триесет и девет минаја", "text": "Триесет и девет минаја\n:Триесет и девет минаја\n:Минаја триесет и девет,\n:И четириесета навлезе,\n:Од ко се дигна на нозе,\n:Целата Македонија,\n:Од кога народ поробен,\n:Стана да кршат окови.\n:Триесетидевет години,\n:Години како векови,\n:Нито се крвта исуше,\n:Турена по планините,\n:Нито секнаја солзите,\n:Солзите на робините.\n:Триесетидевет години,\n:Триесетидевет камења,\n:Секои од кого потежок,\n:Секои од кого постуден.\n:Триесетидевет темници,\n:Која од која погрозна.\n:Триесетидевет години,\n:Обеле коса на глава.\n:На стари еден војвода,\n:На Илинденски комита,\n:Лоша го старост наведе,\n:Црни го мисли испиле.\n:Лута го тага изела,\n:За таа пуста слобода.\n:Но, што му очи светнаја,\n:Што му се лице разведри?\n:Кога си виде внуците,\n:Во нова рува комитска,\n:Со танка пушка на рака,\n:Со срце машко во гради,\n:Силна го надеж утеши.\n:Радост го в старост окрепи,\n:Срце на младост затупка.\n:Осуна славен Илинден,\n:Во светла, бела промена,\n:Над славно село Смилево.\n:Во горда Бигла планина,\n:Триесетидевет години,\n:минаа како векови.\n:Деветстотретата остана,\n:Само во света промена.\n:Ропство се тешко надвило,\n:Не дават душман слобода,\n:Не можит глава да кренит,\n:Народ потеглил окови,\n:Султанот сојде нов дојде.\n:Излегоа нови спахии,\n:Стегнаа нови синџири,\n:Ко пелин стана нов живот,\n:Силно се Бигла затресе,\n:Запееја горје, планини.\n:В земја се кријат кодоши,\n:Ново ни сонце огреа.\n:Храбро се чета зададе,\n:Од славна Бигла планина,\n:И слезе славно Смилево,\n:Народ да крева во борба.\n:Се млади како фидани,\n:Се силни како арслани,\n:Срце за страв им незнаји,\n:Една ји мисла поведе,\n:Слегоја, в село влегоја.\n:Се собра цело Смилево,\n:Да слуша думи пламени,\n:За нови светли славни дни,\n:Радост им срце исполни,\n:Душа им пламна за борба.\n:Дамјан се исправи пред ними.\n:В очи им искрит слобода.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82_%D0%B8_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82_%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0", "word_count": 280, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9151", "title": "Гоце Делчев/ Писма", "text": "0.0.1 Еврем Каранов\n* Гоце Делчев до Еврем Каранов од 17 октомври 1895 (с.с.)\n0.0.2 Надбискуп Менини\n* Гоце Делчев до надбискупот Менини од 3 јули 1898 (с.с.)\n* Гоце Делчев до надбискупот Менини од 11 јули 1898 (с.с.)\n0.0.3 Никола Малешевски\n* Гоце Делчев до Никола Малешевски од 5 јануари 1899 (с.с.)\n0.0.4 Никола Зографов\n* Гоце Делчев до Никола Зографов од 9 март 1897 (с.с.)\n* Гоце Делчев до Никола Зографов од 15 јуни 1899 (с.с.)\n* Гоце Делчев до Никола Зографов од 6 мај 1901 (с.с.)", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2/_%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B0", "word_count": 97, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9159", "title": "Трон - Оригинална саундтрак за филм", "text": "Трон - Оригинална саундтрак за филм е Оригинална саундтрак за филм од 1982. 1. \"Creation of Tron\" 0:49\n2. \"Only Solutions\" (Performed by Journey) 3:39\n3. \"We've Got Company\" 2:18\n4. \"Wormhole\" 2:26\n5. \"Ring Game and Escape\" 2:58\n6. \"Water, Music, and Tronaction\" 2:25\n7. \"Tron Scherzo\" 1:46\n8. \"Miracle and Magician\" 2:41\n9. \"Magic Landings\" 3:42\n10. \"Theme From Tron\" 1:32\n11. \"1990's Theme\" (Performed by Journey) 1:28\n12. \"Love Theme\" 2:07\n13. \"Tower Music / Let Us Pray\" 3:45\n14. \"The Light Sailer\" 2:36\n15. \"Sea of Simulation\" 3:22\n16. \"A New Tron and the MCP\" 5:25\n17. \"Anthem\" 1:36\n18. \"Ending Titles\" 5:06\n19. \"Tronaction\" (Original Version) 1:29\n20. \"Break In (For Strings, Flutes, and Celesta)\" 5:34\n21. \"Anthem for Keyboard Solo\" 1:09", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%BE%D0%BD_-_%D0%9E%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B0%D1%83%D0%BD%D0%B4%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BA_%D0%B7%D0%B0_%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC", "word_count": 148, "cyrillic": 0.133}
{"id": "8934", "title": "L`Evangeliaire De Kulakia un parler slave du Bas-Vardar", "text": "AVANT-PROPOS.\nLes deux auteurs de cet ouvrage se sont réparti la besogne de façon fort inégale.\nJe m esuis borné à transcrire une partie du texte et à en écrire l'introduction. M. André Vaillant a transcrit l'autre partie du texte, écrit toute l'étude linguistique et composé les notes et l'index. C'est donc à lui que revient le mérite principal de ce travail.\nNous avons arrêté ensemble le système de transcription du texte et revisé successivement l'ensemble de l'ouvrage.\nNos collègues Jean Deny et Mirambel ont bien voulu nous aider de leurs avis, le premier comme turquisant, le second comme helléniste: nous les prions d'être assurés de nos bien vifs remerciements.\nNous exprimons aussi notre gratitude à la Caisse des recherche sscientifiques du Ministère del Éducation nationale qui nous aaidés à mener à bien cette publication.\nANDRÉ MAZON.\nINTRODUCTION.\nI. - LE MANUSCRIT.\nLe manuscrit de l'Evangéliaire macédonien qui est publié ici a été acheté en 1916, à Salonique, par M. Jean Deny, qui en a fait don à la Bibliothèque de l'Ecole des langues orientales vivantes de Paris.\nIl se présente sous la forme d'un petit registre dont les feuillets ont la dimension de 280 millimètres de hauteur sur 215 millimètres de largeur; la reliure, en carton marbré, en est déchirée, et la moitié du plat supérieur a disparu. Le texte est écrit à l'encre noire; les titres, les initiales, les fleurons sont, en totalité ou en partie, à l'encre rouge. L'écriture semble accuser des mains différentes.\nLe registre comprenait 55 feuillets, soit 110 pages numérotées. Le premier feuillet (pp.1-2)marique: il devait être blanc, ou porter des indications sur l'origine du texte et sonpropriétaire. Le cahier des feuillets 51-55 (pp.101:110) a été ajouté après coup: il est intercalé entre les feuillets 49 (pp.97-98)et 50 (pp.99-100). Le feuillet 50 n'est écrit qu'au recto: la page 50b (= p.100) est blanche, sauf l'annotation Τέλος καί τω Θεω χάρις des exercices d'écriture.\nL'écriture est grecque: elle est appliquée, respecte l'individualité de chaque lettre et n'offre aucune des ligatures de l'écriture cursive. Les titres et sous-titres sont le plus souvent en langue grecque, mais on s'aperçoit, du premier coup d'oeil, et malgré l'emploi des esprits et des accents qui peut donner de loin l'illusion du grec, que le texte est slave.\nIl s'agit d'un choix de lectures religieuses traduites en un parler bulgare de Macédoine et notées en écriture grecque.\nAucune indication de lieu ni de date, sauf, au verso du feuillet de garde final, les mots 1886 'Ιουνίο 23, à l'encre violette, et la date 1885, au crayon (p. 21), toutes additions évidemment postérieures et qui ne sauraient être retenues. L'origine du manuscrit ne pourra être établie que par la comparaison avec les manuscrits qui ont été déjà signalés et par l'étude linguistique du texte.\nINTRODUCTION\nLa page 100 est occupée par des exercices d'écriture, d'une encre qui peut être la même que celle des dates ci-dessus. On y lit trois reprodụctions plus ou moins correctes, à l'encre et au crayon, de Jean, XV, 17: Ταυτα εντελομαι υμιν ινα αγαπατε αλληλοις. On lit aussi, au bas de cette même page, la formule: Τελος και τω Θεω χαρις. D'autres griffonnages sur les pages blanches et sur les deux couvertures n'offrent, à ce qu'il semble, aucun intérêt.\nII. - CONTENU DU MANUSCRIT.\nLe contenu du manuscrit est celui d'un Évangéliaire offrant:\n1. des Évangiles des dimanches et des Fêtes mobiles (pp. 3-53);\n2. des Évangiles des Fêtes du calendrier ou Ménologe (pp. 54-99);\n3. enfin, dans le cahier ajouté des pp. 101-110, un Évangile de l'Office des morts (p. 101)et les onze Évangiles des matines des dimanches (pp. 102-110).\nNous sommes en présence d'un abrégé de Lectionnaire, adapté: assez librement par un fidèle(sans doute un prêtre) qui désirait se constituer un répertoire commode de lectures de l'Évangile traduites en slave; les renvois à l'intérieur du manuscrit attestent le souci de rendre aisé le maniement de ce répertoire.\nLe choix des lectures est conforme, dans l'ensemble, à celui que nous présente l'un des Lectionnaires grecs imprimés le plus usuels au xixe siècle: Ιωαννου Νικολαιδον... Θειον και ιερον Εωαγγελιον, ομοιον κατα παντα προς το αναφινωσκομενον εν ταις Εκκλησιαις (nous l'avons consulté dans la 3e édition, Athènes, 1897, éditeur Joannės Nikolaïdès). En effet, en dehors de l'ordre des textes, qui est déterminé par la constitution du recueil, les divergences de notre Évangéliaire macédonien (=M) avec l'Evangéliaire de Nikolaïdes (=N) ne portent que sur le Ménologe, et elles sont minimes, à savoir:\na) 26 mai: c'est la fête de saint Jude d'après M, - et celle de saint Carpe d'après N; les Ménologes grecs et slaves indiquent à ce jour la fête de saint Carpe et placent celle de saint Jude le 19 juin;\nb) 27 juillet: l'Évangile de la fête de saint Pantéleimon est, d'après M, Jean XV;17-27, et XVI, 1-2(saint Georges, 23 avril, eistiddettoupyiar), – et, d'après N, Luc XVII, 12-19 (12e semaine de Luc);\nc) 8 juin: l'Évangile de la fête de saint Théodore Strátilate est, d'après M, Luc XXI, 12-19(saint Georges, 23 avril, εις τον ορθρον), -et, d'après N, Math. X, 16-22(mercredi de la 3e semaine de Mathieu); il est possible que le Ménologe de Nikolaidès confonde la fête du 8 juin avec celle du 8 février, dont l'Évangile est précisé ment Math. X, 16-22; on peut supposer deux Evangiles différents pour les deux fêtes de saint Théodore: février = Math., et 8 juin = Luc;\nd) 26 juillet: la formule relative à sainte Parascève est plus complète dans M; et l'Évangile de la fête de cette sainte y est indiqué, tandis qu'il est absent du Ménolo gegrec;\ne) 9 mars: la formule relative aux 40 Martyrs de Sébaste est: plus complète dans M que dans N;\nf) 30 janvier: la mention de saint Hippolyte, pape de Rome, qui figure dans M, est absente de N.\nIl résulte de ces divergences que, sur les points d, e et f au moins, le manuscrit macédonien, qui est d'accord avec le Minej slave, suppose un texte original autre et plus ancien que celui de Nikolaidės. Máis rien ne nous incline à supposer que cet original soit slave, et nous avons tout lieu de penser, au conraire, qu'il doit être grec. L'existence de particularités locales est d'ailleurs possible, comme, par exemple, un culte special de sainte Parasceve.\nIII. ORIGINE DU MANUSCRIT.\nLa comparison du manuscrit avec les divers manuscrits slaves en écriture grecque décrits jusqu' à ce jour permet d'en établir exactement l'origine. L'écriture, le système orthographique et la langue de notre Évangéliaire se retrouvent exactement dans un autre Évangéliaire de plus grande étendue qui appartient à M. Jordan Ivanov, notre distingué collègue de l'Université de Sofia: il. suffit de confronter les deux recueils, comme on en peut juger par la confrontation des deux reproductions photographiques cijointes, pour se convaincre qu'ils proviennent du même auteur; ou tout au moins de la même école. Or l'Évangéliaire de Sofia nous fournit les indications de lieu, d'auteur et de date qui manquent à l'Évangéliaire parisien. Nous y lisons en effet sur le feuillet du titre:\nΓοσποδνοβο ί σφετάγο Ευαγγέλιο να Πόγα νάσαγο γόλεμα Τσρίκφα Χριστιάνοφ, ισκάρενο να πούγαρτσκο ιζίκ, τουβάσνο ζπόρ να Βαρδαρία, ζα ουφ νεδέλετε σάτι, ζα γουδίνατα, ί ζα σάτι πραζνίτσίτε γολέμιτε, ζα τσέλα γοδίνα ζα λειτουργίατα.\nΣα πισάλο ουτ Ευστάθιο Κυπριάδη\nούφ σέλoτo Κόλακία. Να 30 Νοέμβριω μέσιτς 1863.\nINTRODUCTION\nTranscription:\nGospod(i)novo i sfetágo Ευαγγέλιο na Bóga nášago gólema Crįkfa Hristjánof, iskáreno na búgarcko izík', tuvášno zbór na Vardaría. Za uf nedélite sáti za gudinata, i za sáti praznịcịti golémite, za cela godina za lịturgiata.\nUt S. C.\n(Sa pisálo ut Ευστάθιο Κυπριάδη ut seloto Kolakia)\nNa 30 Νοέμβριω mésic 1863.\nL'identité est à peu près complète avec la langue et l'usage orthographique du manuscrit de Paris. Les deux anomalies d'accent que nous avons relevées en noté ne surprennent pas trop dans un texte écrit en majuscules et non au fil de la plume, et composé de réminiscences de titres slavons; il est probable que la forme iskáreno résulte d'une confusion du verbe moderne (da) iskáram et du slavon iskaženo «gâté» (accent probable iskáženo. cf. s. -cr. nakažen) , terme d'humilité employé par un traducteur en langue vulgaire.\nIl est donc extrêmement vraisemblable, pour ne pas dire certain, que l'Évangéliaire parisien a été composé par le même auteur, Eustathios Kypriadis, ou par l'un de ses disciples; à Kolakia (prononcer: Kulakia) , vers la même époque, c'est-à-dire aux alentours de 1860. L'examen linguistique du texte nous montrera ce qu'est le «parler bulgare» du Vardar inférieur (πούγαρτσκο ιζίκ) qui: lui est commun avec l'Évangéliaire de Sofia.\nKulakia (suivant la prononciation locale) est une bourgade située dans la région des bouches du Vardar, vers le milieu du rectangle formé par ce fleuve, la ligne du chemin de fer de Monastir, la rivière du Galiko et la mer Égée, à environ 5 kilomètres de la rive gauche du Vardar, 7 kilomètres du chemin de fer, 8 kilomètres du Galiko et 6 kilomètres de la mer. La population en était composée, à la veille de la première guerre balkanique (1912), de Bulgarés patriarchistes bilingues pour un peu plus d'un quart et de Grecs pour un peu moins des trois quarts; un évêque grec avait là son siège avec le titre d' «évêque de Campanie», et ce siège avait été illustre notamment aux XVIIIe siècle par Théophile Papaphilou de Jannina, à la fois savant et patriote épirote. Les villages les plus proches, il y a vingt-cinq ans, étaient peuplés, soit de Bulgares patriarchistes (Koniari, Kolopanci, Lapra, Mahmud čif, et Cali čif.), soit d'éléments mélangés (Turcs et Bulgares patriarchistes à Tekeli, Bulgares exarchistes et patriarchistes et Bosniaques mahométans immigrés à Unčii=Jundžular) . Sur la rive droite du Vardar, au sud-ouest des bouches, et dans la région s'étendant au sud-est de Salonique les Grecs tenaient la région côtière de l'Égée. Au nord de la ligne du chemin de fer, par contre, les Bulgares exarchistes étaienten majorité, avec leurs deux centres d'influence, Enidze Vardar (Pazar) à l'ouest et Kukuš à l'est. Kulakia se trouvait ainsi comme à la frontière de la masse bulgare et de la masse hellenique, mais elle subissait plus fortement l'attraction de cette dernière. Les deux Évangéliaires quiy ont été composés nous prouvent l'attachement des bulgarophones de ce village de la Macédoine méridionale à leur langue maternelle, mais dans le giron de l'Église du patriarche et sous le manteau de l'écriture grecque. Ils ne pouvaient suffire à maintenir la tradition linguistique slave, bien que celle-ci fût sans doute notablement plus forte durant les années 60 du XIXe siècle qu'au début du XXe. De fait, aux trois quarts hellénique en 1912 et ne contenant plus qu'une faible proportion de bulgarophones, ce village était destiné à s'helléniser rapidement. Les deux guerres balkaniques (1912-1913), la grande guerre et, depuis1922, l'afflux des émigrés grecs du Caucase, de Thrace et d'Asie Mineure ont accéléré l'hellénisation.\nEn 1933, Kulakia, devenue Chalastra pár une identification historique peut-être discutable (Hérodote, VII, 123: . . Χαλεστρη(ν) επι τον Αειον ποταμον ), compte 515 maisons et quelque 3 250 habitants. Elle a cessé depuis bien des années d'être siège épiscopal, mais conserve, au milieu de la place principale, une belle église de construction relativement récente desservie par trois prêtres. Une grande école toute neuve, s'élevant à une extrémité de la place, atteste le zèle du Gouvernement hellénique. Les maisons s'égrènent autour de l'égliseet de l'école, coiffées de larges nids de cigognes le plus souvent assez distantes l'une de l'autre, elles se dispersent dans la plaine, et la bourgade a de loin l'aspect d'une petite ville. Voisins de Salonique, les habitants sont plus citadins que paysans: ils vivent de la pêche, de petits métiers; ils élèvent un peu de bétail dans les herbes du delta. Le voyageur qui passe n'entend parler autour de lui que le grec, et le grec est bien là, en effet, la langue de la vie publique, la seule dont la majorité de la population ait la pratique courante. Quelques familles, pourtant, parlent encore le bulgare, et beaucoup des habitants, sinon la plupart, en ont au moins quelque connaissance: les relations de village à -village, et surtout avec Gündular (Valmadha) et Jündžular (Kimêna) , suffisent à maintenir ces survivances. Survivances trop précaires et trop troubles pour nous fournir un témoignage qui vaille d'être retenu sur le parler localde l'Évangéliaire de Kulakia.\nAussi bien la population de Külakiä a été presque entièrement renouvelée il y a plus de cinquante ans une inondation du Vardar l'avait chassée en 1869, et, lors de son retour, en 1880, au moment de la restauration, financée par Athanasios Katsaménis, un petit nombre seulement des familles anciennes ont repris leur place aux foyers abandonnés; le reste était composé de nouveaux-venus. Quelle est la part respective dans cet ensemble des descendants de ces pêcheurs légendaires qui, suivant le directeur de l'école Athanasios Kravvas, seraient venus des îles de Skopelos et de skinto s'installer les premiers dans ce coin du delta, - des paysans bulgares, qui ont apporté aux pêcheurs grecs leur labeur de maraîchers et de bergers, - des réfugiés hellènes ou slaves que les guerres de 1897, de 1912-1913, de 1915-1917 et de 1922 ont mis en mouvement? Il serait vain de chercher à le savoir. Nous sommes en présence d'une population, nouvelle. Aucun document d'archives paroissiales, aucune relation orale ne conservent le souvenir d'Eustathios Kypriadis ni de ses Évangéliaires en langue du Vardar. La tradition a été rompue.\nII ne nous reste qu'à étudier le parler de Kulakia d'après le témoignage que nous en donne, vers 1860, le manuscrit de l'Évangéliaire parisien, comme s'il s'agissait d'une langue morte attestée seulement par des textes.\nIV-L'EMPLOI PAR les Bulgares de L’ÉCRITURE GRECQUE.\nL'expérience de l'adaptation au slave de l'écriture grecque est vénérable. Le moine Chrabr nous rapporte que, vers le milieu du IXe siècle, les Slaves de la Macédoine méridionale s'étaient essayés, avant les frères de Salonique, à noter leur langue à l'aide des lettres grecques L'invention même de la glagolitique par Constantin ne", "subject": ["Македонски јазик"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/L%60Evangeliaire_De_Kulakia_un_parler_slave_du_Bas-Vardar", "word_count": 2488, "cyrillic": 0.0}
{"id": "9194", "title": "Уставен закон за продолжување мандатот на пратениците, функционерите и одборниците на општинските собранија (1973)", "text": "На пратениците на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, избрани за периодот 1969-1973 година, и на функционерите што ги избира и именува Собранието на Социјалистичка Република Македонија, на кои мандатот им престанува во истиот рок, им се продолжува мандатот до првата седница на новоизбраното Собрание, а најмногу за една година.\nНа одборниците на општинските собранија, избрани за периодот 1969-1973 година, им се продолжува мандатот до првите седници на новоизбраните собранија, а најмногу за една година.\nОвој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%2C_%D1%84%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B8_%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281973%29", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9195", "title": "Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X (1969)", "text": "На сите пратеници во Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на сите одборници на собранијата на општините им престанува мандатот со денот на верификацијата на мандатите на пратениците односно одборниците што ќе бидат избрани на изборите во април 1969 година.\nПратениците и одборниците избрани во април 1967 година, а кои непосредно пред тоа биле четири години членови на соодветните собранија, можат повторно да бидат избрани за пратеници односно одборници на изборите што ќе се одржат во април 1969 година.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD_X_%281969%29", "word_count": 79, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9196", "title": "Исправка на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1972)", "text": "Во член 6 став 1 по точката 83, треба да стои став 2 кој гласи:&bdquo;До рокот од претходниот став ќе се применуваат како одредби на републички закон следниве одредби на Основниот закон за внатрешни работи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 49/1966): членовите 1, 4-11, 13, 14, 17-31, 33-37, 39, 40 став 3, 42, 45, 46, 48, 49, 51 став 1 и 2, 52 став 1, 53 и 56-59&ldquo;.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8_XV_%D0%B4%D0%BE_XXXIX_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281972%29", "word_count": 81, "cyrillic": 0.92}
{"id": "9150", "title": "Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Малешевски (5/1/1899)", "text": "Скенирана верзија на писмото\n1 Содржина на писмото\n1.1 Интегрална содржина на писмото\n„София\n5/1 99 г.\nКолйо,\nВсичкит ти писма до сега испратени отъ тебъ и чрз тебъ, съмъ получилъ. Отцпленията и разцпленията никакъ да не ни плашатъ. Действително жалко е, но що можемъ да правимъ, когато си сме българи и всички страдаме отъ една обща болсть! Ако тая болсть не съществуваше въ нашит прадди, отъ които е наследство и въ насъ нмаше да попаднатъ подъ грозния скиптъръ на турскит султани. Нашъ, разбира се, дългъ е да не се поддаваме на тая болсть, но можемъ ли сщото да направимъ и съ другит лица? Пъкъ имаме заето и нщо отъ гръцкит болсти, а именно - колко глави, толкозъ капитани. Пустата му слава!... Вски иска да блсне, па не зна фалшътъ и на тоя блсъкъ. Вай на тезъ надъ страданията на които всички тзъ комедии, дтъ се разиграватъ.\nКолкото за пролтъ, почти нищо нма опредлено, което е много печално, но, врвамъ, и това ще се изясни.\nЧакамъ пари да купимъ кримкови патрони, та не ще има нужда да се прави смнка съ манлихрови.\nКардашит отъ Перникъ искатъ револверъ, но пари не се сщатъ да пратятъ, като че ли ние ги имаме вечъ въ кърпа вързани. Колкото за мартинката, за която получихъ 2 лири турски, искамъ отъ тебъ съвтъ: оттукъ да имъ взема или оттамъ ти ще имъ вземешъ? Ако имат тамъ нкоя наша, добр ще направишъ да имъ я проводишъ.\nКажи на братъ ми да пише писмо дома. Съ поздравъ Гоце\nP. P. Тукъ приключенит с за Перникъ, отъ които едното е за Дико; отъ когото вчера се получи една телеграма отъ Рила. Узнай дали не е тамъ, че още тамо да се прдаде прдназначеното за него. На перничани имъ пиша, че мартинката ще я получатъ, а револвера - когато пратятъ пари. Сщи“\n----:а. Перник е псевдоним за Горна Џумаја.\n1.2 Оригиналниот текст на писмото според современата македонска типографија\n„Софија\n5/1 99 г.\nКољо,\nВсичките ти писма испратени от теб и чрез теб, с’м получил. Отцепленијата никак да не ни плашат. Дејствително жалко е, но што можем да правим, когато си сме б’лгари и всички страдаме од една обшта болест! Ако таја болест не с’штествуваше в нашите прадеди, от които е наследство и в нас немаше да попаднат под грознија скипт’р на турските султани. Наш, разбира се , д’лг е да не се продаваме на таја болест, но можем ли саштото да направим и с другите лица? П’к имаме заето и нешто от гр’цките болести, а именно – колико глави, толкоз капитани. Пустата му слава!... Всеки иска да блесне, па не знае фалш’т и на тоја блес’к. Вај на тез над страданијата на които всички тез комедии, дет се разиграват.\nКолкото за пролет, почти ништо нема определено, което е много печалено, но, вермам, итова ште се изјасни.\nЧекам пари да купим кримкови патрони, та не ште има нужда да се прави сменка с мнлихерови.\nКардашите от Перник искат револвер, но пари не се сештат да пратјат, като че ли ние ги имаме веч во к’рпа в’рзани. Колкото мартинката, за којто получих 2 лири турски, искам от с’вет: оттук да им взема или оттам ти ште им вземеш? Ако имате там некоја наша, добре ште направиш да им ја проводиш.\nКажи на брат ми да пише писмо до дома. С поздрав Гоце\nP.P. Тук прикључените се за Перник, от които едното е за Дико; от когото вчера се получи една телеграма от Рила, Узнај дали не е там, че оште тамо да се предаде предназначеното за него. На перничани им пиша, че мартинката ште ја получат, а револвера – когато пратјат пари. Сашти.“\n----:а. Перник е псевдоним за Горна Џумаја.\n1.3 Писмото според современиот македонски правопис (не е во целост)\n„Софија\n5/1 99 г.\nКољо,\nГи добив сите писма испретени до сега од и преку тебе. Отцепувањата и расцепкувањата никако не треба да нè плашат. Жално е, но што да правиме кога си сме бугари и сите страдаме од една иста болест! Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од коишто ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани. Наш долг е, се разбира, да не се поддаваме на таа болест, но колку можеме да влијаеме на другитe? Сепак имаме нешто и од грчките болести - ,колку глави – толку капетани“. Пустата! Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок. Тешко им на тие што страдаат под овие ,комедии’.\nШто се однесува до пролетта, скоро ништо не е сигурно, што е многу тажно, но верувам дека работите ќе станат појасни.\nЧекам пари да купам касети муниција, за да нема потреба да се прави промена со малихерки.\nКардашите од Перник сакаат рволвер, но не им текнува да пратат пари, ко божем ние имаме врзани во крпче. За мартинката, за која побарав 2 турски лири, сакам совет: оттука да им земам или ти ќе земеш од таму?\nКажи на брат ми да пише писмо до дома. Со поздрав Гоце“\n----:а. Перник е псевдоним за Горна Џумаја.", "subject": ["Историја на македонскиот народ"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2/_%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B0/_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D0%B4%D0%BE_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_%285/1/1899%29", "word_count": 844, "cyrillic": 0.995}
{"id": "9191", "title": "Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на СР Македонија (1965)", "text": "Член 23 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија се менува и гласи:&bdquo;Подрачјето на Град Скопје се определува со законот со кој се утврдуваат подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија&ldquo;.\nВо член 25 став 2 се брише.\nЧлен 31 се брише.\nПо член 44 се додаваат нови членови со следнава содржина:\nПо исклучок од претходниот член, на изборите за избор одборници на општинските собранија што ќе се одржат во 1965 година, ќе се изврши избор на сите одборници на обата собора на собранијата на општините што ќе бидат определени со законот со кој ќе се утврдат подрачјата на општините. На овие избори ќе се изврши избор на сите одборници и на Градското собрание на Скопје.На половината одборници од секој собор на општинските собранија и на Градското собрание избрани на изборите од претходниот став мандатот им трае две години.Изборните единици во кои на одборниците на општинските собранија избрани на овие избори мандатот им трае две години ќе се определат со одлуката со која ќе се утврдат изборните единици.Градското собрание на Скопје, во согласност со општинските собранија од подрачјето на градот, ќе утврди на кои одборници на Градското собрание избрани на овие избори мандатот им трае две години.\nНа изборите од претходниот член можат да бидат кандидирани и одборниците што биле избрани на првите избори по донесувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.&ldquo;\nВо член 45 став 1 се менува и гласи:&bdquo;Изборот на одборниците на општинските собранија од член 44-а од овој закон и на Градското собрание на Скопје на местото на оние чии мандат трае две години ќе се изврши најдоцна во април 1967 година, а на местото на оние чии мандат трае четири години најдоцна во април 1969 година. На одборниците на кои им истекува мандатот, функцијата им престанува најдоцна на 15 април во годината во која се вршат изборите&ldquo;.Во став 2 ред 3 и 4 зборот &bdquo;мај&ldquo; се заменува со зборот &bdquo;април&ldquo;, а наместо &bdquo;15 мај&ldquo; се става &bdquo;10 мај&ldquo;.По сегашниот став 2 се додава нов став 3 со следнава содржина:&bdquo;На пратениците на Собранието избрани на изборите во 1963 година во изборните единици чии називи или подрачја ќе се утврдат односно изменат во 1965 година, мандатот им трае до истекот на времето за кое се избрани&ldquo;.\nОвој закон влегува во сила со денот на неговото прогласување.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%A0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281965%29", "word_count": 406, "cyrillic": 0.961}
{"id": "7257", "title": "Прво писмо од апостол Петар (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n14 Поздрави\n<sup>1</sup>Од Петар, апостол на Исус Христос, до луѓето одбрани од Бог што живеат во туѓина, распрснати низ Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија.\n<sup>2</sup>Бог Таткото реши да ве одбере, а Неговиот Дух ве направи свети. Вие Го послушавте Исус Христос и сега сте попрскани со Неговата крв.\nВи посакувам Бог да ви биде изобилно благонаклонет и да ви дава сѐ подлабок мир.\n2 За спасението, некогаш и сега\n<sup>3</sup>Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој поттикнат од Својата огромна милост, одново нѐ роди! Сега живееме со надеж која произлезе од воскресението на Исус Христос.\n<sup>4</sup>Очекуваме наследство што не се распаѓа, неосквернето, што не венее. Тоа наследство Бог го чува за нас на небото.\n<sup>5</sup>Божјата сила ќе ве чува сѐ до последниот ден, бидејќи имате доверба во Него. Тогаш Бог јавно ќе го објави вашето спасение.\n<sup>6</sup>Затоа треба неизмерно да се радувате, макар што, ако е неопходно, уште кратко време ќе минувате низ разни маки и искушенија.\n<sup>7</sup>Преку нив се проверува вредноста на вашата вера. Дури и златото, кое е само од привремена полза, со оган се проверува. Вашата вера е многу повредна. Така, ако успешно ја поминете таа проверка, вие ќе добиете пофалба, слава и чест на денот кога Исус Христос ќе Му се открие на целиот свет.\n<sup>8</sup>Вие Го сакате Христос, иако никогаш не сте Го виделе, верувате во Него, иако не ви е пред очи. Затоа ќе се радувате со величествена радост што не може да се опише,\n<sup>9</sup>оти ќе ја постигнете целта на вашата вера - спасението на своите души.\n<sup>10</sup>Токму за ова спасение сакаа повеќе да дознаат и пророците. Тие пророкуваа за тој незаслужен подарок што требаше да дојде.\n<sup>11</sup>Се обидуваа да дознаат на кого се однесува тоа и кога ќе се случи. Духот на Христос беше во нив и им претскажуваше дека Месијата најпрво ќе страда, а потоа ќе се стекне со голема слава.\n<sup>12</sup>Ним им беше откриено дека ова нема да се случи во нивно време, и дека тие претскажуваат работи за иднината, за вас. Тие работи сега ви беа објавени преку оние што ви ја проповедаа Радосната вест, со силата на Светиот Дух испратен од небото. Дури и ангелите копнеат да проникнат во овие работи, да ги разберат.\n3 Поттик за свет живот\n<sup>13</sup>Затоа, впрегнете го својот ум, размислувајте трезвено. Сета своја надеж положете ја во благонаклоноста што ќе ви биде дадена кога ќе се врати Исус Христос!\n<sup>14</sup>Бидете Му послушни на Бог, бидејќи сте Негови деца. Немојте да им се препуштате на вашите поранешни страсти од времето кога живеевте во незнаење.\n<sup>15</sup>Напротив, бидете свети во сите свои постапки, бидејќи вие сте Божји избраници, а Тој е свет.\n<sup>16</sup>Самиот Бог во Светото Писмо ни порачува:\n<Бидете свети, затоа што Јас сум свет!“\n<sup>17</sup>Кога веќе Бога го сметате за ваш небесен Татко, Кој секого наградува или казнува според постапките, без пристрасности спрема поединци, тогаш, сѐ додека живеете како туѓинци, овде на земјава, однесувајте се со страхопочит спрема Бог.\n<sup>18</sup>Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци. Знаете дека не бевте откупени со сребреници и златници, кои се потрошни нешта,\n<sup>19</sup>туку со скапоцената крв на Христос, безгрешното, совршено Божјо Јагне.\n<sup>20</sup>Бог Него Го одбра за оваа цел уште пред создавањето на светот, но дури сега, во овие последни времиња, Го испрати на Земјата заради вас.\n<sup>21</sup>Преку Христос вие поверувавте во Бог, во Оној што Го воскресна од мртвите и Го прослави. Затоа можете со целосна доверба да ја положите својата надеж во Бог.\n<sup>22</sup>Сега, откако ѝ се покоривте на вистината, ги исчистивте своите души. Од тоа произлезе искрена, братска љубов меѓу вас. Затоа, сакајте се меѓусебно искрено и од сѐ срце.\n<sup>23</sup>Сакајте се затоа што сега сте наново родени, не од земни родители, кои би ви ја пренесле и смртта, туку од бесмртниот Родител, преку живиот и вечен Божји Збор.\n<sup>24</sup>Светото писмо вели::\n„Секој човек е како трева,\nа секоја човечка слава и убавина\nсе како цвеќе во ливада;\nтревата се суши, цвеќето венее,\n<sup>25</sup>само зборот Господов вечно ќе живее.“\nТој збор е Радосната вест што ви беше проповедана.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Затоа ослободете се од сѐ што е злобно, немојте да лажете и да лицемерите, немојте да завидувате и да клеветите.\n<sup>2</sup>Бидете како новороденчиња, секогаш жедни за чисто духовно млеко, преку кое ќе растете и ќе се спасите,\n<sup>3</sup>сега кога лично се уверивте дека Господ е добар.\n4 Скапоцен темел и света градба\n<sup>4</sup>Дојдете кај Исус Христос. Тој е Живиот Камен, Кој, навистина од луѓето беше отфрлен, но Бог го одбра и за Него е скапоцен.\n<sup>5</sup>Сега и вие, како живи камења сте вградени во еден духовен дом, за да бидете свето свештенство, да принесувате духовни жртви прифатливи за Бог, заради Исус Христос.\n<sup>6</sup>За ова во Светото Писмо Бог вели:\n„Еве, ќе поставам во Ерусалим Камен-темелник,\nодбран и скапоцен,\nкој ќе поверува во Него,\nникогаш нема да се разочара.“\n<sup>7</sup>Да, за вас што верувате:\n„Тој Камен што ѕидарите го отфрлија,\nстана камен-темелник,“ скапоцен Камен. А за оние што Го отфрлија, истиот тој камен е:\n<sup>8</sup><Камен од кој ќе се сопнуваат,\nкарпа преку која ќе паѓаат.“\nТие се сопнуваат затоа што не ја слушаат и не ја веруваат Божјата порака. Затоа таква судбина им е определена.\n<sup>9</sup>Но вие сте одбрани луѓе, царско свештенство, свет народ, луѓе што Му припаѓаат на Бог. Вие сте избрани за да им ја покажете на луѓето Божјата добрина, зашто Тој ве изведе од темнината и ве воведе во Својата прекрасна светлина.\n<sup>10</sup><Вие што порано не бевте сметани за народ,\nсега сте Божји народ;\nвие над кои немаше кој да се сожали,\nсега добивте милост од Бога.“\n5 Живејте примерно\n<sup>11</sup>Драги мои, вие сте привремени жители, туѓинци на оваа земја. Затоа ве молам да не им се препуштате на телесните страсти, зашто тие војуваат против вашите души.\n<sup>12</sup>Однесувајте се примерно спрема луѓето кои не Го познаваат Бога. Иако тие ве клеветат дека сте злосторници, кога ќе видат дека вршите добри дела, ќе Го прослават Бог во денот кога Тој ќе ги посети.\n<sup>13</sup>Заради Господ, покорувајте им се на институциите на власта: било на царот, како на врховен владетел,\n<sup>14</sup>било на управниците назначени од него. Тие се поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние што прават добро.\n<sup>15</sup>Бог сака со правење добро да ги замолкнете неоснованите обвинувања на неразумните луѓе.\n<sup>16</sup>Вие не сте робови, туку слободни луѓе, но не треба да ја користите слободата како изговор за да правите зло, туку да живеете служејќи Му на Бог.\n<sup>17</sup>Почитувајте ги сите луѓе. Сакајте ги христијаните, имајте страхопочит спрема Бог и почитувајте ја власта.\n6 Христос и Неговото страдање нека ви бидат пример\n<sup>18</sup>Слуги, покорувајте им се со страхопочит на вашите господари, не само на оние што се добри и кротки, туку и на оние што се сурови.\n<sup>19</sup>Вредно е во Божјите очи ако од обѕири спрема Него трпеливо поднесувате страдања на кои сте неправедно изложени.\n<sup>20</sup>Инаку, зар би било за пофалба, ако трпите заслужена казна!? Но ако правите добро, а сепак страдате, тоа е вредно во Божји очи.\n<sup>21</sup>Токму заради ова Бог и ве одбра. Христос страдаше за вас и ви даде пример што треба да го следите.\n<sup>22</sup><Грев Тој не направи,\nлага не изусти.“\n<sup>23</sup>Кога Го навредуваа,\nТој не им возвраќаше со навреди.\nКога страдаше,\nТој не се закануваше,\nтуку се препушти во рацете на Бог,\nКој суди праведно.\n<sup>24</sup>Ги зеде нашите гревови\nврз себе, на крстот, за да бидеме,\nмртви за гревот,\nда почнеме да живееме за праведноста.\nТој доби рани за да бидете вие здрави.\n<sup>25</sup>Талкавте како залутани овци.\nНо сега се вративте кај Пастирот,\nкај Оној што се грижи за вашите души.\n= Глава 3 =\n7 За сопругите\n<sup>1</sup>Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови. Ќе ги придобиете\n<sup>2</sup>преку вашето непорочно и побожно поведение.\n<sup>3</sup>Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки.\n<sup>4</sup>Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог.\n<sup>5</sup>Така во минатото се украсуваа светите жени. Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи.\n<sup>6</sup>Така Сара му се покоруваше на Авраам, нарекувајќи го свој господар. Вие сте сега нејзини ќерки, и ако го правите тоа што е правилно, од ништо не треба да се плашите.\n8 За сопрузите\n<sup>7</sup>Вие, мажите треба да бидете внимателни спрема своите сопруги. Тие не се толку силни како што сте вие. Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок - вечниот живот. Само така вашите молитви нема да бидат попречувани.\n9 За сите христијани\n<sup>8</sup>На крајот, како заклучок, сите бидете сложни, сочувствителни еден спрема друг, сакајте се, бидете љубезни и понизни.\n<sup>9</sup>Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакајте им добро. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов.\n<sup>10</sup><Човек што си го сака животот\nи сака да доживее многубројни и среќни дни,\nнека си го варди јазикот од зла дума\nи усните од лага,\n<sup>11</sup>Од злото настрана нека се држи\nдобро нека прави,\nкон мир нека се стреми\nи за мир нека работи.\n<sup>12</sup>А Господ бдее над праведниците\nи благонаклоно им ги слуша молитвите,\nдодека спрема оние што вршат зло\nГоспод го упатува Својот прекорен поглед.“\n10 Кога страдате неправедно\n<sup>13</sup>Ако ревносно правите добро, кој да ви напакости?\n<sup>14</sup>Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди. Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството.\n<sup>15</sup>Почитувајте Го Христос од сѐ срце, како свој Господ. Бидете секогаш подготвени да му одговорите на секој што ќе ве праша за вашата христијанска вера.\n<sup>16</sup>Одговарајте им на луѓето кротко и со страхопочит. Вашата совест треба да биде чиста. Тогаш оние што зборуваат против вас ќе бидат посрамени од вашето добро поведение, какво што и му прилега на еден следбеник на Христос.\n<sup>17</sup>Па ако Бог допушти и да страдате, подобро е да страдате поради тоа што вршите добро, отколку да страдате поради зли дела.\n<sup>18</sup>Па и Христос пострада,\nкога умре за нашите гревови,\nеднаш за секогаш.\nТој беше безгрешен, но умре за нас грешните,\nза да нѐ врати кај Бог.\nТелесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа.\n<sup>19</sup>Тој отиде да им проповеда на духовите што лежат в затвор,\n<sup>20</sup>на оние што долго време во минатото беа непокорни, а Бог трпеливо ги чекаше, на оние што изгинаа во времето на Ное. Тогаш беше направен ковчегот во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија од смрт преку водата.\n<sup>21</sup>Таа симболика го претставува крштавањето со кое сега сте спасени. Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест. Тоа е сега можно затоа што Исус Христос воскресна.\n<sup>22</sup>Сега Христос е на небото и седи на почесно место - од десната страна на Бог. Сите ангели, власти и сили се под Негова контрола.\n= Глава 4 =\n11 Поттик на свет живот\n<sup>1</sup>Кога Христос, додека беше овде на земјата, страдаше, и вие треба да бидете подготвени да страдате. Кога човек ќе умре, престанува да греши.\n<sup>2</sup>Ако „умревте“ со Христос, вие веќе нема да живеете водени од вашите телесни страсти, туку во текот на вашиот овоземен живот ќе ја исполнувате Божјата волја.\n<sup>3</sup>Доволно време потрошивте учествувајќи во она во што уживаат паганите: во неморал, незауздана похота, опивање, гозби, пијанки и одвратно идолопоклонство.\n<sup>4</sup>Вашите поранешни пријатели се чудат што вие не сте веќе со нив во тоа море од расипаност, па затоа зборуваат против вас.\n<sup>5</sup>Но тие ќе полагаат сметка пред Бог, Кој веќе е подготвен да им суди и на живите и на мртвите.\n<sup>6</sup>Токму заради ова, Радосната вест им беше проповедана и на оние што починаа. Иако телесно беа казнети со смрт, тие ќе живеат духовно, како што и Бог живее како дух.\n<sup>7</sup>Крајот е близу. Затоа бидете трезвени и ревносно молете се,\n<sup>8</sup>а најмногу од сѐ, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови.\n<sup>9</sup>Бидете гостољубиви еден спрема друг, без да негодувате.\n<sup>10</sup>Секој, согласно со дарбите што ги има, нека им служи на другите. На тој начин ќе докажете дека добро управувате со дарбите што ги дава Бог, дарежливо и разновидно.\n<sup>11</sup>Ако е некој добар говорник, нека ја проповеда Божјата порака. Ако некој има дарба да им помага на луѓето, нека го прави тоа со силата што му ја дава Бог. Сѐ треба да се прави така што да Му се оддава слава на Бог, преку Исус Христос, на Кого Му припаѓаат славата и власта во вечни времиња. Амин.\n12 Бидете пример и кога страдате\n<sup>12</sup>Драги мои, нека не ве изненадува фактот што минувате низ огнени искушенија, небаре нешто неочекувано ви се случува!\n<sup>13</sup>Радувајте се што преку страдањата се поистоветувате со Христос. Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.\n<sup>14</sup>Ако ве навредуваат поради тоа што сте Христови следбеници, тоа треба да ве радува! Тоа е доказ дека величествениот Божји Дух е во вас.\n<sup>15</sup>Срамота е ако некој од вас биде казнет за убиство, за кражба, за злосторство или за правење сплетки,\n<sup>16</sup>но ако страдате поради тоа што сте христијани, немојте да се срамите. Напротив, бидете Му благодарни на Бог што го носите Христовото име!\n<sup>17</sup>Бог веќе почна да суди и тоа најпрво меѓу Своите следбеници. Ако ние, христијаните сме судени, каков ли ќе им биде крајот на оние што ѝ се противат на Божјата Радосна вест!?\n<sup>18</sup><Ако праведните одвај се спасуваат,\nшто ли ќе биде со безбожните и грешните!?“\n<sup>19</sup>Заради тоа, оние што страдаат извршувајќи ја Божјата волја, нека Му ги доверат своите души на својот Творец, Кој никогаш не изневерува, и нека продолжат да прават добро.\n= Глава 5 =\n13 Совети за црковните пастори и за младите луѓе\n<sup>1</sup>Сакам да ги охрабрам црковните старешини. И јас сум старешина, сведок на страдањето на Христос и знам дека кога повторно ќе дојде и мене ќе ме огрее Неговата слава.\n<sup>2</sup>Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени. Правете го тоа од сѐ срце, а не безволно. Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба.\n<sup>3</sup>Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.\n<sup>4</sup>А кога ќе дојде Христос, Врховниот Пастир, вие ќе добиете венец што никогаш не свенува - божествена слава.\n<sup>5</sup>Вие што сте помлади, слушајте ги старешините. Всушност, сите треба понизно да си помагате еден на друг, зашто:\n„Бог на горделивите им се противставува,\nа спрема понизните е благонаклонет.“\n<sup>6</sup>Бидете понизни пред Божјата моќна рака, за Бог да ве воздигне кога за тоа ќе дојде време.\n<sup>7</sup>Сѐ што ве вознемирува препуштете Му го Нему. Тој се грижи за вас.\n<sup>8</sup>Бидете трезвени и постојано на штрек! Внимавајте! Вашиот непријател, ѓаволот, како разјарен лав обиколува и си бара жртва за растргнување.\n<sup>9</sup>Спротивете му се, без да се колебате во верата. Вие знаете дека христијаните во целиот свет минуваат низ истите страдања!\n<sup>10</sup>Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава. Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи.\n<sup>11</sup>Тој владее над сѐ, сега и за вечни времиња. Амин.\n14 Поздрави\n<sup>12</sup>Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност.\n<sup>13</sup>Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим.\nВе поздравува и Марко. Тој ми е како син.\n<sup>14</sup>Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов.\nНа сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. (Амин.)", "subject": ["Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 2518, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9198", "title": "Уставен закон за продолжување на роковите од законот за изменување на законот за спроведување на амандманите уставот на СРМ (1973)", "text": "Сојузните закони во областите за кои до денот на прогласувањето на овој закон не се донесени републички закони согласно Уставниот закон за изменување и дополнување на Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани од XV до XXXIX на Уставот на СРМ (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 45/1972), ќе се применуваат како републички закони до денот на донесувањето на соодветните републички закони.\nРепубличките закони кои до денот на прогласувањето на овој закон не се усогласени со уставните амандмани XV од XXXIX на Уставот на СРМ ќе се усогласат до 31. III. 1974 година со уставните амандмани.\nДо донесување на нов републички закон, одредбите на Основниот закон за избори на работнички совети и други органи на управувањето во работните организации (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1964, 32/1967 и 54/1967), по прашањата што не се утврдени со Законот за основите на изборниот систем во организациите на здружениот труд (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 34/1972) ќе се применуваат како одредби на републички закон.\nОвој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%A0%D0%9C_%281973%29", "word_count": 194, "cyrillic": 0.94}
{"id": "8947", "title": "Постановка и метод за разгледување на прашањето за македонската нација", "text": "Македонската нација е факт. A фактите се тврдоглава работа од која нема бегање. Сепак, има луѓе кои упорно ритаат и ја одрекуваат. Тоа се великобугарите, великосрбите, великогрците и оние Македонци кои се воспитани од нив, кои се нацицани од нивната идеологија и станале поголеми католици од папата, поголеми Турци и од султанот. Тие си се токму според народната поговорка: нема поглув од тој што не сака да слуша, нема послеп од тој што не сака да види. За нив македонската нација е голем, ужасно непријатен призрак што ја нарушува нивната душевна рамнотежа. Тоа се истите оние кои, кога во Бугарија се проговори за потребата од македонско сознание, пред сè во градењето на македонското дело, долго и хистерично пропиштеа дека тоа е најголемата ерес. Сепак благонаклоно ја поздравија позицијата на Македонците во Југославија, дека тие претставуваат посебна македонска национална група во Југославија. Тие се истите оние што го вееја знамето на самостојна Македонија, а во пресудниот момент ја предаваа во канџите на великобугаризмот.\nТие денес уплашено и нервозно прашуваат: Како и од каде излезе оваа македонска нација? - Но господата кои претендираат на голема објективност и научност забораваат дека ништо не се раѓа во светот случајно, по идејата на овој или оној, без присуство на поволни објективни услови. А македонската нација не само што се роди, туку и зајакнува. Таа не е еднодневка, туку нејзе ѝ припаѓаат вековите. Ова не го гледаат само тие божемните објективисти. Таа е рожба на животот и нејзе и следува живот. Неспорно е дека таа не се појави одеднаш како чудо, како резултат на некакви шпекулативни политички сметки.\nКој не знае дека и покрај теориите на великобугарските, великосрпските и великогрчките научници, дека божем Македонци се Бугари, Срби или Грци, народните маси во сите тие три земји ги третирале Македонците како Македонци, дека ги препознавале дури и при првите разменети приказни и дека самите Македонци, кога ќе попаднеа во тие кругови, се декларираа дека се Македонци и си ја бранеа својата македонска чест наспроти различните епитети што им се лепеа. Исто така е јасно дека ваквиот став воопшто не бил спрема секој македонец, на пр. спрема Албанците, Турците, Грците и Евреите од Македонија. Не. Вторите без двоумење биле третирани како Албанци, Турци, Грци и Евреи. Овој став беше само спрема македонските Словени. На секој постар, чесен и разумен Македонец му е јасно дека во пооддалеченото минато, соочени со срамната и понижувачка игра, често придружена со безобразно насилство од страна на балканските држави да ги бојадисаат Македонците со својата национална боја, кај вторите раѓала сознание, гордост и волја да реагираат во името на македонштината. Ова стана уште помасовно и очигледно кога Македонците увидоа дека нивната борба за ослободување од експлоатацијата на турските бегови беше искористена од балканските чорбаџии, за да им се нафрлат врз снагата како паразити. Она што претходно беше единечно, заради овој факт, потоа стана масовно и денес македонското чувство е несомнено доминантно низ целата Вардарска Македонија, ги завладеа Македонците од Егејска Македонија, пушта корени, иако со извесни тешкотии и среде Македонците во Бугарија и неговото темпо ќе се зголемува под водството на македонската држава и покровителството на балканските демократии.\nВо животот на народните маси поимот Македонец е утврден како национален поим. За нив фактички нема разлика меѓу географскиот и етнографскиот поим за Македонија, како што упорно се трудат да ни сугерираат некои заинтересирани или во најмала рака заблудени луѓе. Да погледнеме од научно гледиште каква вредност има таквиот однос спрема тоа прашање во практичниот живот на народните маси.\n***\nВо мојата статија „За нацијата и националното прашање“, објавена во последниот број на списанието „Македонска мисла“, ги истакнав елементите на нацијата и нејзиниот развој. Овие елементи се: заедничка територија, заедничко минато и култура, заеднички јазик и што е најважно потребата еден народ да претставува економска единица, економска заедница, да го поврзуваат длабоки економски интереси. Во однос на нејзиниот развој беше истакнато дека нацијата е рожба на новото време, на капиталистичкиот развој, дека нејзиниот развој е нерамномерен, дека овој процес продолжува и дека е погрешно да се бара раѓањето на една нација нужно во 18-ти, 19-ти, 20-ти век, кога се појави буен процут на националната форма на општествениот живот и дека овој процес, при утврдувањето на империјалистичката форма на капитализмот, беше сериозно отежнат од економски, политички и стратешки интереси на империјалистичките сили.\nКаков однос може да се заземе спрема прашањето за македонската нација?\nКако стојат работите со територијалниот принцип во однос на Македонија? - За ова прашање спор нема. Општо е признато дека Македонија е добро определена територија на Балканскиот Полуостров уште од античко време. Дури и најжестоките непријатели на македонската нација не ја негираат и не можат да ја негираат Македонија како географски поим. Тие што беа на власт само се обидуваа да го променат со името Јужна Србија или да го фрлат во заборав, приклучувајќи македонски територии на други области.\nСе разбира, целосно се согласуваме дека само врз основа на еден географски концепт, една нација не може да се роди и напредува. Сталин вели: ако недостасува само еден од елементите што ја сочинуваат нацијата, таа не може да постои. За да има нација, сите елементи мора да бидат присутни. Во овој случај само сакаме да го утврдиме постоењето на одредена територија на која може да се роди и напредува македонската нација.\n***\nКако стојат работите со второто прашање, прашањето за јазикот? На ова прашање шовинистите обично одговараат дека македонскиот јазик е или бугарски или српски. Дека говорите во Македонија немаат основа за еден заеднички јазик, и дека се одделни наречја на бугарскиот или српскиот јазик.\nНа прашањето за еднаквоста на јазикот можеме да одговориме, пред сè, дека оваа еднаквост не ѝ пречи на теоријата на нацијата. Имаме бројни примери на две различни нации кои зборуваат на ист јазик, на пример српска и хрватска нација, англиска и американска, австриска и германска, итн. Тоа не е важно. Важно е дека поголемиот дел од луѓето во една земја зборуваат на ист јазик. А што се однесува до Македонија, тоа е неоспорно.\nКаков е тој јазик, бугарски, српски или македонски? - Неспорно е дека источните наречја се блиски до бугарскиот јазик, северните до српскиот, но исто така е неспорно дека централните и западните наречја длабоко се разликуваат и од бугарскиот и од српскиот јазик.\nМоже ли од сите тие наречја да се роди еден јазик што ќе ги обединува сите Македонци? - Неспорно, да. При формирањето на другите нации разликите во наречјата биле уште подлабоки. Разликите во наречјата на Прованса, Марсеј и Париз, на Баварија и Прусија се толкави што тие се практично не можат да се разберат. Процесот на формирање на заеднички литературен јазик е ист за сите нации. Се наметнувало наречјето на онаа област која најмногу се издигнала економски, а со тоа и политички.\nИсториски оваа улога за Македонија му се додели на Вардарскиот дел. И тој успешно ја игра таа улога.\nКако и секој јазик и македонскиот на почеток изгледа малку чуден. Развојот на јазикот е прашање на долга еволуција. Во таа еволуција ќе бидат избрани најдобрите и најкарактеристичните зборови од целиот народ, и ќе се позајмува од другите народи, како што позајмувале сите мали народи, задоцнети во нивниот развој.\nФакт е дека денес македонскиот јазик се изградува. На него веќе се леат прекрасните песни на Венко Марковски, на Коста Рацин и други. Се манифестираше и се утврди во највисоката форма на човечкиот говор - лириката. Се преведуваат научни дела. Изработена е граматика. Годинава, за прв пат, македончињата ќе учат да читаат и пишуваат на македонски јазик. Се даваат претстави на македонски јазик со голем успех.\nДали Македонците, како Македонци, имаат некаква историска заедница и своја сопствена култура?\nНа ова прашање обично одговараме по инерцијата на буржоаскиот развој и воспитување: какво царство и аристократија, какви цареви и патријарси имаа Македонците во минатото?\nВо една статија во минатиот број, јас посочив, осврнувајќи се на Сталин, дека овие царства и аристократии во феудалното време не биле индикации и аргумент за она што денес се нарекува нација. Значи при неговото разгледување прашањето не треба да се постави на таа основа. Научната, марксистичка постановка е: дали македонските народни маси, низ вековите, имале какви било заеднички преживеалици, заеднички бремиња, заеднички борби, некаква заедничка судбина што ги зближува, што ги правеи единствени, што имала влијание врз нивната култура, начин на живот и морал?\nОваа страница од историјата е малку истражена и еден ден веројатно ќе даде многу материјал. Но, дури и сега има крупни факти кои очигледно се наметнуваат и никој не може да ги одрече. Тие се:\n1. Во историјата постојат двајца браќа, Св. Св. Кирил и Методиј, кои им ја дадоа на Словените азбуката и првиот моќен поттик за нивната култура. Точно е дека тие им припаѓаат на сите Словени, а не само на Македонците. Но, дали е случајно што тие се појавија токму среде македонските Словени, дека пораснаа во нивната средина, се напоија со нивниот начин на живот и го искористија нивниот говор? Дали е случајно што огништето на неговите многубројни ученици, предводено од Свети Климент, беше Македонија? Не, ова не е случајно и јасно зборува за јавниот живот на народните маси во тоа време.\n2. Дали македонските народни маси се бореле против доминацијата и експлоатацијата на византиските и бугарските феудалци, макар и под водство на некои локални феудалци? Да, се бореле. Подемот на цар Самуил беше резултат на поддршката на народните маси што му ја дале, во врска со нивниот стремеж да се ослободат од угнетувањата и експлоатацијата на бугарските феудалци, обединети во свое царство. Борбите на Самоил против Византија несомнено ја имаат истата социјална база. Тие борби говорат за заеднички страдања, за заедничка судбина на народните маси во Македонија, што, без сомнение, се одрази врз нивната психа.\n3. Во Македонија се развило едно социјално движење кое, како во ниту една друга земја, ги зафатило народните маси. Тоа е богомилското движење. Таа се развивало и владеело, не со децении, туку со векови. Овој протест против социјалните неправди врз народните маси, под религиозна форма, е сврзан со крвави борби. Многу е напишано за богомилството. Но зошто се роди и се разви токму во Македонија и како влијаеше врз животот на македонските Словени, на ова прашање никој не обрнал внимание. А за темата која е предмет на разгледување тоа е најголемото, најважното прашање што треба да биде проучено пред сè од македонските историчари и кое секако ќе даде обилен материјал за ова прашање.\n4. Разгледувајќи го на таа основа прашањето, противниците на македонската нација обично се потпираат на еден аргумент кој го сметаат за поразителен. Тој е дека за време на борбата на Бугарите против грчката патријаршија за своја самостојна црква, Македонците исто зеле учество. Тоа делумно е точно. Делумно, велам, затоа што на некои места во Македонија оваа борба беше под знакот на католицизмот (Кукушко, Ен. Вардарско, Гевгелиско), а во други под знакот на протестантизмот (Разлошко). Делумно велам и затоа што оваа религиозна борба во тоа време не беше јасно и длабоко поврзана со националното прашање. Главното што ги движеше масите беше да се ослободат од корупцијата и експлоатацијата на грчките владици. И уште една трети околност. Во Македонија, оваа религиозна борба не е тесно поврзана, како во Бугарија, со борбата за политичко ослободување и формирање на своја држава. Напротив: борбата за политичко ослободување и создавање сопствена држава остро е разграничена од таа на бугарскиот народ, и згора на тоа: таа е остро спротивставена на сите балкански држави. Како резултат на тоа македонскиот народ веќе 60 години остро се разграничи од сите други балкански народи, ја исцрта својата славна историја, полна со подвизи и востанија, се чувствува и се наложи како посебен, како македонски народ. Оваа страница од борбите на македонскиот народ да создаде своја држава е поважна од колку за кој било друг народ, гледана преку призмата на националниот развој, затоа што нејзините борби се, пред сè, борба против аспирациите на балканските држави да го присвојат чисто македонското дело.\nДали овие 60 години независни македонски борби, дури и да биле сами тие, не се доволни за да засноваат историска заедница како неопходен елемент во македонската нација?\nДа, но противниците велат, ова се политички борби, а не национални. И ние велиме, тоа се борбите на Македонците за македонска држава, а во срцето на овие борби, моторот на овие борби, се македонските Словени. И Ленин вели: нацијата и државата се две работи што се неразделно поврзани. Овие борби, според тоа, за македонска држава, го содржеа зародишот што се разви и не можеше да не се развие, во македонската нација. Во нашата теза се содржи логиката на развојот во животот на народните маси, а во тезата на противниците се содржи дипломатијата на освојувачите.\nОваа теза на македонските народни маси ја разбраа, ја прифатија и ја направија своја политика денес и народните маси во балканските земји, откако ги разбија освојувачите и се ставија под знамето на нивните демократски водачи: Тито, Димитров, Захаријадис. Македонскиот народ е особено благодарен на Маршал Тито, кој најдобро го разбра и најдобро и отсечно го постави во живот македонското прашање.\n***\nПокажавме и во овој и во претходниот напис во број 9-10 од списанието, дека од сите елементи што ја сочинуваат нацијата, најважниот, цементот што ги спојува во здрава врска сите други, без чие појавување и до неговото појавување останатите елементи се во пасивна состојба, е економскиот елемент кој прави од даден народ една економска целина.\nКако стои ова прашање на македонско тло, дали македонското стопанство претставува економска целина, дали има одредена физиономија, се создава ли на таа основа една стабилна врска меѓу одделните Македонци?\nМакедонското земја и македонскиот труд се пројавиле и се манифестираат главно во неколку земјоделски производи што служат за индустриски цели. Врз основа на ова, во 18 и 19 век се развила напредна трговија со центар Велес, Банско, Битола, Солун и Кавала. Овој развој неизбежно доведе до појава на индустрија за обработка на овие материјали и развој на патни комуникации што ќе ги поврзат одделните економска делови во една економска целина.\nПостојат неспорни чекори во овој поглед. Во Македонија се беше оформила значајна тутунска индустрија уште во турско. Се појавија големи мелници за масло и брашно. Воспоставени се три железнички линии, кои ги поврзаа северна, западна и источна Македонија со главното пристаниште Солун. Но, исто така е неспорно дека ниту индустријата, ниту патната комуникација не ја достогнаа потребната големина за стопанството. Главната линија на економсиот живот си остануваше извозот на суровини преку Солун кон странски земји. Ова се должи на општата слабост на Турција и зависноста на целата нејзина економија од странските индустријализирани земји. Тоа се должеше на феудалната доминација во Турција.\nВо повоената Македонија, сликата е: во стопанството на Пиринска Македонија доминира и му дава лик производството на дрвен материјал и тутун. Во Вардарска Македонија главни гранки на производство се: тутун, афион, ориз, сточарство. Во Егејска Македонија: тутун, памук и свилени кожурци.\nЗа целата македонска земја, главни производи се: тутун, афион, памук, свилени кожурци, дрвен материјал, сточарство и огромни рудни богатства, кои се откриени и неразвиени, и доволно реки.\nНо, во повоена Македонија, економскиот развој е задушен. Затоа и денес, нејзиното стопанство е толку бледо и слабо. Нема ни чекор накај развивањето на нејзините богатства. А очигледно е дека таму може да се развијат барем неколку видови на индустрија, врз основа на суровините што ги раѓа македонското земја, индустрија што последователно би ја прошарала Македонија со патна мрежа и би оформила на здрава основа македонската економска целина.\nЗошто тоа не се случило досега? - Бидејќи нејзините владетели се чувствуваа несигурни, привремени гости и размислуваа краткотрајно, да искористат што можат, и уште затоа што поделбата на Македонија на три дела го спречи тој развој. Бидејќи владетелите се плашеле таму да го инвестираат својот капитал, и гледале само да ги користат суровините за својата индустрија, за својата трговија, се дојде до однос што империјалистите го имаат спрема колониите.\nЗатоа македонскиот народ се бореше и се обидуваше да создаде своја држава. Затоа за македонската држава е од животно значење да ја обедини цела Македонија под своја стреа. Таа ги разбира своите стопански задачи, ги поставува правилно и со ентузијазам се впрегнала да ги реши. Го поттикнува сточарството во северниот планински дел на Македонија и го поврзува уште од сега со соодветните индустрии: килимарска и индустрија за млечни производи. Пробиваат нови патишта, градат брани за електрична енергија, првиот услов за спроведување на индустриските планови; се прават планови за искористување на рудните богатства. За реализација на сите овие планови за издигнување на македонското стопанство, кое ќе му служи на благосостојбата на македонскиот народ, македонската држава е великодушно помогната од сојузната влада на Народна Република Југославија. И тоа е главната нова, демократска, гранитна база за нормален национален развој во неа.\n***\nМногумина си прават капитал од доцното појавување на македонската нација на историската сцена, за да ја негираат. Има луѓе и од лево и од десно кои ги бараат корените на македонската нација во далечното минато, за да ја прифатат или да ја негираат. Тоа се луѓе кои догматски гледаат на работите и не можат да ги видат во нивниот развој. За нив, формирањето на нациите е заклучено во тесните рамки на Ренесансата. После таа ера, тие ги затвораат портите и не даваат виза на ниту една нација да се појави на историската сцена. Погледот е замаглен во голема мерка и од фактот што многумина пристапуваат кон ова прашање со буржоаската метода, додека други, кои се многу повеќе, затоа што се под влијание на империјалистичките и долгогодишните пропаганди на завоевателните политики на балканските држави, кои имаа голем интерес да создадат соодветно расположение за успешно водење на оваа освојувачка политика.\nСе разбира, тие не се во право. Процесот на формирање на нации, чиј основен стимул го дадоа Ренесансата и Француската револуција, продолжува со таа разлика што овој поттик веќе не го дава текот на буржоаската револуција, туку од оној на пролетаријатот.\nДоцното појавување на македонската нација на балканската општествена сцена е разбирливо и природно. Патем, исто така е погрешно да се мисли дека ова оформување се случува одеднаш, како изненадување. Такви работи во светот не се случуваат. Таквите работи се нарекуваат чуда, а чуда воопшто не се случуваат. Пред да стане видлив за сите бујниот пламен на македонската нација, му претходеа доста видливи и невидливи пламени. Вакви пламени беа лозарите, Мисирков, македонската студентска група во Санкт Петербург, владиката Теодосиј и други.\nНо зошто овој процес се оформил доцна во споредба со истиот процес на другите балкански народи?\n1. Бидејќи националното оформување на Балканот одеше од периферијата кон центарот, а Македонија е во самиот центар;\n2. Балканските држави, управувани од разни монарси и реакционерни клики околу нив, систематски и упорно го опструираа и го спречуваа овој развој од политички, економски и стратешки причини.\nЗа оваа тенденција, содржана во животот и развојот на македонскиот народ, да добие надмоќ и да се наметне, неопходно беше да падне на поволна балканска почва. Ова значи дека требаше да се појават нови сили што ќе ги поразат и отстранат од опшествената сцена во балканските земји факторите на освојувачката политика.\nТочно тоа се случи во Југославија под водство на Маршал Тито и во Бугарија под водство на Георги Димитров. Овој огромен историски факт ја осветли македонската нација и ја направи видлива за целиот свет, освен за оние што не можат да ја видат, затоа што не им се сака да ја видат.\nen:Translation:Formulation and method of addressing the issue of the Macedonian nation\nbg:Постановка и метод за разглеждане въпроса за македонската нация", "subject": ["Историја на Македонија", "Историја на Бугарија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BA%D0%B0_%D0%B8_%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B4_%D0%B7%D0%B0_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%B7%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 3182, "cyrillic": 0.995}
{"id": "9206", "title": "Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1992)", "text": "1 Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Република Македонија\nВо Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991) по членот 10 се додава нов член 10-а, кој гласи:\n''Република Македонија нема да учествува во работата на Собранието на СФРЈ и во работата на Претседателството на СФРЈ, со што им престанува функцијата на делегатите во Собранието на СФРЈ од Република Македонија и на членот на Претседателството на СФРЈ од Република Македонија.''\nЧленовите 11 и 12 се бришат.\nОвој уставен закон влегува во сила со денот на прогласувањето.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281992%29", "word_count": 104, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9142", "title": "Универзална декларација за човековите права", "text": "''Бидejќи'' признaвaњeтo нa врoдeнoтo дoстoинствo, и нa eднaквитe и нeoтуѓиви прaвa нa ситe члeнoви нa чoвeштвoтo сe тeмeлитe нa слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт;\n''Бидejќи'' нeпoчитувaњeтo и oмaлoвaжувaњeтo нa чoвeкoвитe прaвa рeзултирaa сo вaрвaрски пoстaпки штo прeтстaвувaaт нaврeдa нa чoвeкoвaтa сoвeст и бидejќи сoздaвaњeтo нa свeт вo кoj луѓeтo ќe ja уживaaт слoбoдaтa нa гoвoр и убeдувaњe и ќe бидaт oслoбoдeни oд стрaвoт oд вojнa и сирoмaштиja, сe прoглaсувa кaкo нajгoлeм идeaл нa ситe луѓe;\n''Бидejќи'' e суштeствeнo чoвeкoвитe прaвa дa бидaт зaштитeни сo зaкoн, a чoвeкoт дa нe бидe принудeн пoслeдeн излeз дa бaрa вo пoбунaтa прoтив тирaниjaтa и угнeтувaњeтo;\n''Бидejќи'' e суштeствeнo дa сe унaпрeдувa рaзвojoт нa приjaтeлскитe oднoси мeѓу нaрoдитe;\n''Бидejќи'' нaрoдитe нa Oбeдинeтитe нaции сo пoвeлбaтa ja пoтврдиja нивнaтa вeрбa вo oснoвнитe чoвeкoви прaвa, вo дoстoинствoтo и врeднoстa нa чoвeкoвaтa личнoст и вo eднaквитe прaвa нa мaжитe и жeнитe и сe oдлучиja дa гo пoтпoмaгaaт oпштeствeниoт нaпрeдoк и пoдoбритe живoтни стaндaрди вo услoви нa пoгoлeмa слoбoдa;\n''Бидejќи'' зeмjитe - члeнки сe oбврзaa дa гo издигнувaaт унивeрзaлнoтo пoчитувaњe и слeдeњe нa чoвeкoвитe прaвa и слoбoди, вo сoрaбoткa сo Oбeдинeтитe нaции;\n''Бидejќи'' oпштoтo рaзбирaњe нa oвиe прaвa и слoбoди e oд нajгoлeмo знaчeњe зa цeлoснo спрoвeдувaњe нa нивнaтa зaлoжбa;\n''Сeгa, зaтoa,''''Γeнeрaлнoтo сoбрaниe''''Ja прoглaсувa'' oвaa Унивeрзaлнa дeклaрaциja нa чoвeкoвитe прaвa кaкo oпшт стaндaрд, штo трeбa дa гo дoстигнaт ситe луѓe и нaции, и зa тaa цeл сeкoj пoeдинeц и сeкoj oргaн нa oпштeствoтo сeкoгaш, имajќи ja нa ум oвaa Дeклaрaциja, ќe сe стрeмaт прeку пoдучувaњe и oбрaзoвaниe дa гo прoмoвирaaт пoчитувaњeтo нa oвиe прaвa и слoбoди и прeку прoгрeсивни нaциoнaлни и мeѓунaрoдни мeрки ќe oбeзбeдувaaт нивнo oпштo и eфикaснo признaвaњe и пoчитувaњe и мeѓу нaрoдитe нa зeмjитe - члeнки и мeѓу нaрoдитe нa тeритoриитe пoд нивнa jурисдикциja.\nСите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.\nСите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се : раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус.\nНaтaму, нeмa дa сe зeмa прeдвид пoлитичкиoт, прaвниoт или мeѓунaрoдниoт стaтус нa зeмjaтa или тeритoриjaтa нa кoja и припaѓa лицeтo, бeз рaзликa дaли зeмjaтa e нeзaвиснa, пoд стaрaтeлствo, бeз сaмoупрaвнa влaст или пoд кaкoв и дa e друг oблик нa oгрaничувaњe нa нejзиниoт сувeрeнитeт.\nСекој има право на живот, слобода и сигурност.\nНикој нема да биде роб или потчинет; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.\nНикој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.\nСекој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот.\nСите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон. На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриманција.\nСекој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.\nНикој човек нема да биде подложен на произволно апсење, притвор или прогонување.\nСекој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него.\nСекој обвинет за кривично дело има право да се претпоставува дека е невин се додека не се докаже неговата вина во согласнсот со закон и на јавно судење, на кое тој ги има сите гаранции неопходни за неговата одбрана.\nНикој нема да се смета за виновен за кое и да е кривично дело поради дејство или пропуст, што не претставувале кривично дело според националното или меѓународното право во времето кога тоа било сторено. Исто така, не смее да се изрече казна поголема од онаа што се применувала во времето кога било сторено кривичното дело.\nНикoj нeмa дa бидe излoжeн нa прoизвoлнo вмeшувaњe вo нeгoвиoт привaтeн и сeмeeн живoт, дoмoт или прeпискaтa, ниту пaк нa нaпaди врз нeгoвaтa чeст и углeд. Сeкoj имa прaвo нa прaвнa зaштитa oд тaквoтo вмeшувaњe или нaпaди.\nСeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa движeњe и живeaлиштe вo рaмкитe нa грaницитe нa сeкoja држaвa.\nСeкoj имa прaвo дa ja нaпушти зeмjaтa, вклучувajќи ja и нeгoвaтa сoпствeнa зeмja, кaкo и дa сe врaти вo свojaтa зeмja.\nСeкoj имa прaвo вo другa држaвa дa бaрa и дa уживa aзил пoрaди прoгoнувaњe.\nЛуѓeтo нe мoжaт дa сe пoвикaaт нa oвa прaвo вo случaj нa прoгoнувaњe штo прoизлeгувa oд нeпoлитички злoстoрствa или oд дejствиja штo сe спрoтивни нa цeлитe и нaчeлaтa нa Oбeдинeтитe нaции.\nСeкoj имa прaвo нa држaвjaнствo.\nНикoму нe смee прoизвoлнo дa му бидe oдзeмeнo нeгoвoтo држaвjaнствo, ниту пaк ќe му сe пoрeкнe прaвoтo дa гo прoмeни држaвjaнствoтo.\nПoлнoлeтнитe мaжи и жeни, бeз никaкви oгрaничувaњa врз oснoвa нa рaсaтa, нaциoнaлнoстa или рeлигиjaтa, имaaт прaвo дa стaпaт вo брaк и дa oснoвaaт сeмejствo. Ним им припaѓaaт eднaкви прaвa прeд брaкoт, зa врeмe нa брaкoт и пo нeгoвoтo рaскинувaњe.\nБрaкoт ќe сe склучи сaмo сo слoбoднa и цeлoснa сoглaснoст нa иднитe брaчни другaри.\nСeмejствoтo e прирoднa и oснoвнa ќeлиja нa oпштeствoтo и имa прaвo нa зaштитa oд стрaнa нa oпштeствoтo и држaвaтa.\nСeкoj чoвeк имa прaвo нa сoпствeнoст, кaкo сaмoстojнo, тaкa и зaeднo сo други.\nНикoj нeмa дa бидe прoизвoлнo лишeн oд нeгoвaтa сoпствeнoст.\nСeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мислaтa, сoвeстa и рeлигиja. Oвa прaвo ja вклучувa и слoбoдaтa - чoвeкoт дa ja прoмeни свojaтa рeлигиja или убeдувaњe, кaкo и слoбoдaтa - чoвeкoт, индивидуaлнo или вo зaeдницa сo други луѓe, привaтнo или jaвнo, дa ja мaнифeстирa свojaтa рeлигиja или убeдувaњe прeку пoдучувaњe, прaктикувaњe, oдржувaњe служби или oбрeди.\nСeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мислeњe и изрaзувaњe. Oвa прaвo ja вклучувa и слoбoдaтa дa сe зaстaпувa oдрeдeнo мислeњe бeз никaквo вмeшувaњe и дa сe бaрaaт, дa сe примaaт и дa сe дaвaaт инфoрмaции и идeи прeку мeдиумитe и бeз oглeд нa грaницитe.\nСeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мирни сoбири и здружувaњe.\nНикoj нe мoжe дa бидe принудeн дa члeнувa вo нeкoe здружeниe.\nСeкoj имa прaвo дa учeствувa вo упрaвувaњeтo сo нeгoвaтa зeмja, нeпoсрeднo или прeку слoбoднo избрaни прeтстaвници.\nСeкoj имa прaвo нa eднaкoв пристaп кoн jaвнитe служби вo нeгoвaтa зeмja.\nВoлjaтa нa нaрoдoт ќe бидe oснoвaтa нa влaстa, вoлjaтa нa нaрoдoт ќe сe изрaзувa нa пoврeмeни и aвтeнтични избoри, штo ќe сe oдржувaaт, сo унивeрзaлнo и eднaквo прaвo нa глaс и сo тajнo глaсaњe или спoрeд сooдвeтнитe прoцeдури нa слoбoднo глaсaњe.\nСeкoj, кaкo члeн нa oпштeствoтo, имa прaвo нa сoциjaнa сигурнoст и имa прaвo дa ги oствaувa свoитe eкoнoмски, сoциjaлни и културни прaвa, нeдeливи oд нeгoвoтo дoстoинствo и слoбoдниoт рaзвoj нa нeгoвaтa личнoст, и тoa прeку нaциoнaлни нaпoри и мeѓунaрoднa сoрaбoткa и вo сoглaснoст сo пoрeдoкoт и пoтeнциjaлитe нa сeкoja држaвa.\nСeкoj имa прaвo нa рaбoтa, слoбoдeн избoр нa рaбoтнo мeстo, прaвeдни и пoвoлни услoви зa рaбoтa и зaштитa oд нeврaбoтeнoст.\nСeкoj, бeз кaквa и дa e дискриминaциja, имa прaвo нa eднaквa плaтa зa истa рaбoтa.\nСeкoj кoj рaбoти имa прaвo нa прaвeдeн и сooдвeтeн нaдoмeстoк штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди дoстoинствeн живoт, a кoj нaдoмeстoк ќe бидe нaдoпoлнeт, дo кoлку e нeoпxoднo, сo други срeдствa нa сoциjaлнa зaштитa.\nСeкoj имa прaвo дa oснoвa и дa сe зaчлeнувa вo синдикaти зaрaди зaштитa нa нeгoвитe интeрeси.\nСeкoj имa прaвo нa oдмoр и слoбoднo врeмe, вклучувajќи ги тукa и рaзумнoтo oгрaничувaњe нa рaбoтнoтo врeмe и прaвoтo нa пoврeмeн плaтeн oдмoр.\nСeкoj имa прaвo нa живoтeн стaндaрд штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди здрaвje и дoбрoбит, вклучувajќи xрaнa, oблeкa, живeaлиштe и мeдицинскa грижa и нeoпxoдни сoциjaлни услуги, и прaвo нa oсигурувaњe вo случaj нa нeврaбoтeнoст, бoлeст, инвaлиднoст, вдoвствo, стaрoст или вo друг случaj нa нeдoстaтoчни срeдствa зa живoт пoрaди oкoлнoсти штo сe нaдвoр oд нeгoвaтa кoнтрoлa.\nНa мajкитe и нa дeцaтa им припaѓaaт пoсeбнa грижa и пoмoш. Ситe дeцa, бeз oглeд нa тoa дaли сe вoнбрaчни или нe, ќe ja уживaaт истaтa сoциjaлнa зaштитa.\nСeкoj имa прaвo нa oбрaзoвaниe. Oбрaзoвaниeтo ќe бидe бeсплaтнo, бaрeм нa нивo нa oснoвнo oбрaзoвaниe. Oснoвнoтo oбрaзoвaниe ќe бидe зaдoлжитeлнo. Texничкoтo и стручнoтo oбрaзoвaниe ќe бидaт oпштo дoстaпни, a пристaпoт кoн висoкoтo oбрaзoвaниe ќe бидe дoстaпнo зa ситe врз oснoвa нa зaслужeнитe oцeнки.\nOбрaзoвaниeтo ќe бидe нaсoчeнo кoн цeлoсниoт рaзвoj нa чoвeкoвaтa личнoст и кoн зajaкнувaњe и пoчитувaњe нa чoвeкoвитe прaвa и oснoвни слoбoди. Сo нeгo ќe сe унaпрeдувa рaзбирaњeтo, тoлeрaнциjaтa и приjaтeлствoтo мeѓу ситe нaрoди, рaсни и рeлигиoзни групи и ќe сe унaпрeдувaaт aктивнoститe нa Oбeдинeтитe нaции зa oдржувaњe нa мирoт.\nРoдитeлитe имaaт првeнствeнoтo прaвo дa гo избeрaт видoт нa oбрaзoвaниeтo штo ќe им бидe дaдeнo нa нивнитe дeцa.\nСeкoj имa прaвo слoбoднo дa учeствувa вo културниoт живoт нa зaeдницaтa, дa уживa вo умeтнoстa и дa гo спoдeлувa нaучниoт нaпрeдoк и нeгoвитe блaгoдeти.\nСeкoj имa прaвo нa зaштитa нa мoрaлнитe и мaтeриjaлни интeрeси штo прoизлeгувaaт oд кoe и дa e нaучнo, литeрaтурнo или умeтничкo дeлo, чиj aвтoр e тoj.\nСeкoj имa прaвo нa oпштeствeн и мeѓунaрoдeн пoрeдoк, вo кoи прaвaтa и слoбoдитe нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja мoжaт дa бидaт цeлoснo рeaлизирaни.\nСeкoj имa дoлжнoсти кoн зaeдницaтa вo кoja eдинствeнo e вoзмoжeн слoбoдниoт и цeлoсeн рaзвoj нa нeгoвaтa личнoст.\nПри кoристeњeтo нa свoитe прaвa и слoбoди, сeкoj чoвeк ќe пoдлeжи сaмo нa тaкви oгрaничувaњa, кaкви штo сe oпрeдeлeни сo зaкoн, сo eдинствeнa цeл дa сe oсигурa дoлжнoтo признaвaњe и пoчитувaњe нa прaвaтa и слoбoдитe нa другитe и сo цeл дa сe зaдoвoлaт прeдмeтнитe бaрaњa вo врскa сo мoрaлoт, jaвниoт рeд и oпштaтa блaгoстojбa вo eднo дeмoкрaтскo oпштeствo.\nOвиe прaвa и слoбoди вo ниту eдeн случaj нe мoжaт дa бидaт кoристeни нa нaчин штo e спрoтивeн нa цeлитe и принципитe нa Oбeдинeтитe нaции.\nНиeднa oдрeдбa oд oвaa Дeклaрaциja нe мoжe дa сe тoлкувa, кaкo дa и дaвa кaквo и дa e прaвo нa нeкoja држaвa, групaциja или пoeдинeц дa дejствувaaт или дa стoрaт нeкoj aкт сo цeл зa рушeњe нa прaвaтa или слoбoдитe прeдвидeни сo oвaa Дeклaрaциja.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1666, "cyrillic": 0.984}
{"id": "8935", "title": "Говор на Тодор Павлов по повот заминувањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Скопје - 1946", "text": "Говор на Тодор Павлов по повод заминувањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Скопје - 1946\n7ми октомври 1946 г.\nИма еден интересен историски факт на кој обично не му се дава потребното внимание. Зборот ми е за следното. Тројцата големи демократи-револуционери на Србија, Бугарија и Македонија - Светозар Марковиќ, Христо Ботев и Гоце Делчев, се формираа и работеа не само како големи демократи-револуционери и борци за национална слобода на своите народи, но исто така, во една или друга форма и степен, како социјалисти. Светозар Марковиќ во Србија со право се смета за родоначалник на српскиот социјализам, иако секако тој беше повеќе следбеник на утопистичкиот социјализам на Чернишевски отколку на марксизмот. Ботев во Бугарија со не помалку право се почитува за неговиот голем патриотизам и за утопистичкиот социјализам, како и за некои индивидуални елементи од дијалектичко-материјалистички карактер во неговите ставови и, со еден збор, претходник на научниот социјализам кај нас, чиј основоположник подоцна по ослободувањето стана Димитар Благоев. Гоце Делчев, пак, иако во своите зрели години се оформи и се пројави пред сè и главно како голем стратег, тактичар и организатор на македонското национално-револуционерно движење, не само што на млада возраст, како јункер во военото училиште, се пројави како социјалист, па токму затоа бил избркан од училиштето, но и до крајот на животот си остана тесно поврзан со оние македонски национално-револуционерни личности, како Јане Сандански, Никола Краев, Васил Главинов, Веле Марков, Димо Хаџидимов и др., кои го сочинуваа македонското национално-револуционерно движење, неговото социјалистичко крило.\nОвој факт, секако, не е случаен, туку се должи на голем број услови од објективна и субјективна природа. Пред сè тој се должи на околноста дека сите тие три земји на времето страдаа, иако во различни облици и степени, не само од турскиот економски-феудален и политички систем и од теророт на тогашните одговорни и неодговорни фактори, туку и од своите чорбаџии и експлоататорски и предавнички кругови и елементи, од една страна, а од друга, и од конкуренцијата и империјализмот на западноевропските капиталистички земји, како и од методите на експлоатација на тогашниот штотуку испилен капитализам кај нас, кој од своја страна се појави на историската сцена доста касно, па не можеше да се развива нормално во соодветните облици и брзини.\nПод овие услови, без да зборуваме за честите војни на Турција, кои ги чинеа балканските земји прилично скапо, и под идеолошко влијание на идеите на Големата француска револуција и онаа од 1818 година, како и на западните утописки социјалисти, и од големите руски демократи, народници и утопистички социјалисти, сиромашните и средни селани, занаетчиски и трговски маси, а главно и националната интелигенција, која потекнува од нив, во процесот на нивна пролетаризација се револуционираше до таков степен што прашањето за национално ослободување во одреден облик и степен прераснуваше во социјалистичко од утописки карактер. Иако Светозар Марковиќ живеше и работеше по ослободувањето на Србија, кажаното во одредена смисла се однесува и за него. Тоа уште повеќе важи за Гоце Делчев, чија родна земја, Македонија, по ослободувањето на Бугарија, требаше да ги продолжи своите револуционерни напори за национално ослободување и за ослободување и создавање на македонска држава, која, како што не еднаш се беше искажал Гоце, требаше да биде за Македонците, како што и, во исто време, целиот Балкан - за балканските народи.\nНевозможно е во краток говор како овој подробно да се опише тогашната внатрешна и надворешна положба на Македонија, но факт е, до сега неоспорен од никого, дека во Македонија не само што не исчезнаа погоре споменатите услови, туку уште повеќе, тие сега се развија уште појасно во секој поглед, така што во македонското национално-револуционерно движење се создаде и се разви крилото кое беше од социјалистички карактер. И не е случајно што луѓето од ова социјалистичко крило, како што се Гоце Делчев, Н. Карев, Димо Х. Димов и др. станаа најверните, најпреданите, најчесните и најдоследните македонски патриоти и борци за национално ослободување на својата земја и за создавање на една социјална македонска република, која ќе стане природен составен дел во сојузната балканска Република, и со тоа ќе престане да биде јаболко на раздорот меѓу балканските земји и ќе стане моќна обединувачка алка меѓу нив.\nНема сега да го разгледам прашањето зошто Гоце Делчев, откако на млада возраст јасно се дефинираше како поддржувач на социјализмот, подоцна се пројави главно како голем стратег, тактичар и организатор на македонската национална револуција. Разгледувањето на ова прашање би не одвело многу далеку. Во овој случај за нас е поважно следново:\nПрво. Социјалистичкото училиште, кое Гоце Делчев го помина на млада возраст, не остана без одредено влијание врз неговата понатамошна револуционерна дејност. Ова влијание пред сè се изрази со тоа што тој ги бараше и ги наоѓаше своите најверни соработници и пријатели меѓу национално револуционерните дејци, кои ги нарековме погоре социјалисти, кои останаа смртни противници од почеток до крај на секаков шовинизам, на секаков врховизам, на секаков монархизам, а подоцна по смртта на Гоце и на фашизмот.\nВторо. Тоа влијание се покажа и преку фактот што имено за Делчев македонското национално револуционерното движење од почетокот до крајот на неговата револуционерна дејност беше проткаено со важни социјални проблеми и задачи, како во смисла на радикално подигнување на прашањето за целосно ослободување на македонските селски маси од сите остатоци на турскиот феудализам, пред сè, прашањето за земјата, која треба да им припаѓа токму на селаните кои ја работат, така и во смисла на поставување на голем број други социјални проблеми што се однесуваат општо на работните селски и градски маси, кои проблеми во една или друга форма добиваа во идеологијата и активностите на некои револуционери социјалистички карактер, без притоа овој нивен социјалистички карактер да преминува во негирање или потценување на демократскиот национално-револуционерен карактер на македонското движење. Доколку некои од овие социјалисти (зборувам за тесните социјалисти) подоцна дошле до одредени секташки ставови за македонското национално прашање, Гоце Делчев не може да се вброи меѓу нив и не може да биде обвинет за лево-сектаризам. Тој подоцна допушти некои грешки од поинаква природа, за кои ќе стане збор подолу, но општо земено се пројавил од почетокот до крајот на својата дејност како еден од најдоследните револуционери, чие влијание преовладеа при формулирање на првиот устав на македонската внатрешна револуционерна организација.\nЕве на пример, како гласат првите членови на Уставот на Внатрешната Македоно-одринска Револуционерна Организација:\n„Чл. 1 ВМОРО има за цел да ги сплоти во едно сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, за извојување на политичката автономија на овие две области.\nЧл. 2. Организацијата се спротивставува на стремежите за поделба и освојување на овие области од која било држава.\nЧл. 3. За да се постигне таа цел, организацијата се бори за отстранување на шовинистичката пропаганда и националните расправии кои го делат и ослабуваат населението во борбата против заедничкиот непријател; дејствува за внесување на револуционерен дух и свест кај населението и ги користи сите средства и напори за час поскоро да го вооружа населението навремено и со сè што му е потребно за едно сенародно и сеопфатно востание. Се грижи за културното и економско издигнување на организираното население и ја поддржува неговата правна борба против турската власт.\nВо редица свои изјави, Делчев не еднаш беше нагласил дека тој и неговата организација се борат не против самите турски селски и градски експлоатирани маси, туку само против власта и тиранијата на султанот, само против системот на експлоатација и угнетување на народните маси. Во својата агитација и организациона работата меѓу другите етнички малцинства во Македонија, Гоце Делчев не правеше разлика меѓу Македонци, Власи, Турци и др. Затоа, како што забележува и Јаворов во своите „Ајдучки копнежи“, тој беше просто боготворен не само од македонските, туку и од другите народни маси во земјата. А ова не беа само зборови на Гоце и неговите истомисленици. Кога беше создадена првата национална и социјална република за време на Илинденското востание во Крушево под претседателство на националниот револуционер и социјалист Никола Карев, таа не само во своите пишани документи, туку и на дело ги нагласи овие идеи на водачот на македонската национална револуција Гоце Делчев.\nИ токму овие сфаќања и пројави на Гоце ни даваат одредена основа да го сметаме за претходник на подоцнежниот Македонски Народно-ослободителен Фронт, кој под врховно раководство на големиот син, учител и водач на југословенските народи, легендарниот Тито, најсетне успеа да го оствари големиот сон на Гоце и неговите соработници: создавање на слободна и суверена македонска држава, која слободно се самоопредели и влезе како неразделна федерална република во Титова федеративна Југославија. Не велам, се разбира, основачот, туку претходникот. Но тоа малa заслуга ли е? Не ли е тоа вистинска слава и гордост и за самиот Гоце, но и за целиот веќе слободен македонски народ?\nСо ова разбирање на карактерот и важноста на македонското национално револуционерно движење, Гоце Делчев се појави и се наложи како негов голем стратег, тактичар и организатор.\nЗа Гоце, како стратег, треба да се забележи пред сè дека тој најдоследно и најупорно се бори како против турската феудалната економска и политичка тиранија и доминација, така и против велико-бугарскиот и сите видови и степени на врховизам, и особено против сите обиди на бугарската монархизмот да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои реакционерни, династични и класни цели со тоа што ќе го впрегне во колата на германската империјалистичка политика „драг нах остен“ и ќе го противстави на рускиот и другите словенски народи. Во овој поглед, заслугите на Гоце се навистина историски и ја задржуваат нивната важност до дешен ден. Гоце, без никогаш да се откаже во принцип од секаква помош од надвор, недвосмислено и не еднаш се беше изјаснил против илузиите за ослободување на Македонија преку надворешно мешање, било од соседните балкански држави, било од некои големи европски империјалистички сили. Цврсто, доследно, упорно стоеше на гледиштето дека ослободувањето на Македонија и Балканот од секое феудално или империјалистичко влијание е дело на македонскиот и на самите балкански народи. А особено за ослободувањето на Македонија, тој сметаше, длабоко убеден дека нејзиното ослободување може да дојде само преку сериозна подготовка и подигање на сенародно вооружено востание, на чија пропаганда и организација ги посвети сите свои силии, и најсетне херојски ја положи и својата прекрасна глава на 1 мај 1903 година во близина на селото Баница, Серско.\nНо, откако ја постави оваа голема стратешка, национална и социјална задача, Гоце, како тактичар и организатор, се покажа како реалист од прв ред. Познато е дека Гоце, заедно со него и Никола Карев и други, се спротивставија на одлуката на внатрешните и надворешните врховисти, на чело со Гарванов и Борис Сарафов, за востание. Тој и некои други членови на Централниот комитет на ВМРО свикаа специјално заседание во Софија, на кое солунското решение од јануари 1903 година беше поништено, зашто, според нив, востанието, и политички и воено, сè уште не беше доволно подготвено. Арно ама врховистите, поради непростливата „попустливост“ на Даме Груев, го решија на конгресот во Смилево прашањето за подигањето и датумот на Илинденското востание, кое, како што е познато денес, и покрај прочуеното херојство на револуционерните македонски маси, на чело на кои застанаа и другарите на Гоце, како што се Никола Карев и др., претрпеа тежок пораз. Бугарскиот монархизам и врховизам се обидоа да го искористат токму овој пораз за да ја оплетат нивната реакционо-монархиско-врховистичка кошница, а сам Гоце, како што реков претходно, херојски загина уште пред востанието. Секако, има голем број на сериозни причини да веруваме дека неговата смрт не била случајна, туку била дело на гнасно врховистичко предавство, макар последното да било направено специјално за четата на војводата Гуштанов, кон која во тоа време се беше придружил и самиот Гоце.\nКако тактичар Гоце Делчев се одликуваше и со сериозниот став кон прашањето не само за вооружената, туку и за идеолошко психолошката подготовка на народните маси.\nТој не еднаш, не по еден повод беше изјавувал и нагласувал дека за да биде востанието успешно, народните маси треба да бидат доволно идејно и психолошки подготвени, за да знаат за што се борат и да може да ја издржат тешката и судбоносна борба до крај. Се разбира, тој никогаш не западнал во просветителско опортунистичко разбирање на револуционерната просвета и не ја сфаќал просветно револуционерната работа како нешто одвоено од општата положба и задачи на земјата и на револуционерното движење.\nЗа да се подготви сеопфатно народната револуција и да ги обезбеди воено-техничките, политички и просветно-идејни предуслови, Гоце спроведе една титанска организациска дејност, која може да се рамни само со онаа на Левски. Тој постојано ги обиколуваше сите револуционерни окрузи и комитети, учејќи, давајќи ги потребните директиви, судејќи, внесувајќи ентузијазам, инпирирајќи создаваше револуционерен кадар, учествуваше дури и во техничко производство на бомби и во пренесувањето на оружје и др. Со таа организациска дејност тој будеше љубов, ентузијазам и подготвеност за борба и жртви кај револуционерните народни маси, а кај противниците се всадуваше вистинскит страв и трепет, поради што тие од дното на душата го мразеа и не еднаш се обидоа физички да го уништат.\nА за постигнувањето на сите тие успеси, не малку му помагаше и неговиот личен шарм како патриот, хуманист и револуционерен учител и водач. Гоце беше една навистина шармантна личност, па нашиот поет Јаворов со право го нарекува во својата биографија на Гоце: „ајдучко божество“. Имаше нешто навистина неодоливо шармантно кај тој македонски „ајдутин револуционер“ и тоа не само во неговиот морален и идеен, туку и во неговиот физички изглед. Прекрасно граден, со чудесно убави црни очи, виток, снаодлив, со неисцрпна физичка и духовна енергија, со чудесно срце, што се одзива на секое народно страдање и болка - тој беше навистина личност што ретко се среќава во историјата на народите. Не можам сега да се сетам кога и под какви околности го имам видено и дали тоа се случи во Македонија, или овде во Софија, но во моите детски спомени ми се врежал неговиот лик кој, во споредба со овој портрет што го гледаме овде, навистина не ни дава ни приближна претстава за големиот, неискажлив шарм што извираше од тој прекрасен човек, кој стана една од најубавите легенди на македонскиот народ. За него шумат приквечер таинствено со неискажлива убавина брановите на Вардар и Егеј; за него простум се вишат со волшебната синевина во македонското небо снежните врвови на Шар и Пирин; за него замолкнуваат во тага темните македонски гори, како што тоа со големо поетско мајсторство го пренесе во една од неговите песни најголемиот современ поет на Македонија - Венко Марковски:\nГоро ле, стрео ајдучка,\nгоро ле, мајко јуначка,\nзошто ле горо, зашуми\nкога ни ветре не дувна?\nДал ми те јунак наминал\nсо стара верна дружина?\nДал ми те некој проколна\nза вековечни времиња.\nИл ми те нешто исплаши,\nисплаши памет помами?\nГоро ле, не трај — прозбори,\nтешка ми рана отвори.\n„Нито ме јунак намина,\nсо стара верна дружина,\nнито ме некој проколна\nза вековечни времиня.\nнито ме нешто исплаши,\nисплаши памет помами,\nтуку ме куршум прониза,\nтуку ми Делчев загина.\nСилна ме треши трешница,\nлута ме стаса неволја\nзатоа така зашумив\nу таја доба никоја!\"\nА кој од нас не ја знае прекрасната народна песна за женидбата на Гоце и Македония?\nКаков се облак зададе\nод долу — од Македонија. . .\nНе ми е било облаче, народната песна продолжува, туку е била четата на „Гоце Војвода“, кој падна во битка и со тоа симболично се „ожени“ со „таа пуста Македонија“.\nВаквите грандиозни поетски слики во народната и индивидуалната поезија се можни само за хероите, кои народите ги облекеле во ореолот на легендарност, зашто се влезени длабоко во свеста и потсвеста на самите народни маси.\nГоце навистина стана голема народна легенда, каква што за бугарскиот народ се Караџата, Левски и Ботев. Токму затоа неговото моќно револуционерно и духовно влијание ни најмалку не ослабна во последните децении, туку напротив, растеше сè повеќе и повеќе.\nНо токму затоа, ние веднаш ќе додадеме, ако сакаме да бидеме негови вистински и достојни почитувачи и ученици, не можеме и не смееме да премолчиме, дури и во свечените чествувања во негова слава, како што е случајот денес, некои од неговите слабости и грешки, од кои македонските поколенија се должни да ги извлечат нужните поуки, за да може доследно да се спроведе, до самиот крај, сонот на Гоце за ослободување и сестран успех и величие на македонскиот херојски и во секој поглед прекрасен народ.\nАко ​​оставиме настрана некои грешки од чисто организациска природа, осознаени покасно и од самиот Гоце, ќе се навратам тука само на две негови грешки, од кои првата е чисто тактичка.\nЗборот ми е дека непосредно пред Илинденското востание, за кое Гоце и Ѓорче Петров сметаа дека не беше доволно политички и воено подготвено, тие двајцата, во целосна противречност со овој став за предвременото Илинденско востание, дадоа наредби за зачестување на атентатите и четничките акции во земјата, кага самиот Гоце го изврши со својот одред познатиот напад на мостот и тунелот кај Ангиста. Тој, се разбира, брзо ја сфати својата грешка, но веќе беше доцна: самиот тој, заедно со Ѓорче Петров со тие нивни наредби налејаа масло на огнот и го забрзаа востанието, кое беше веќе испланирано од внатрешните и надворешните врховисти.\nВтората грешка, многу поважна, е тоа што Гоце, кој со целата своја револуционерна дејност и разбирање, неизмерно придонесе за формирањето и развојот на македонската национална (македонско-словенска, не бугарска и не српска) свест, сепак не најде можност да се справи со ова исклучително важно прашање и да му го даде решението што го подготви историјата уште пред ослободувањето на Бугарија, а по нејзиното ослободување го заврши врз основа на голем број географски, економски, политичко-револуционерни, културни и др. услови. Се разбира, на Гоце му беа познати, на пример, ставовите и дејноста на Теодосиј Скопски, на Партенија Зографски, на Петар П. Арсов и „лозарите“, на Ѓорче Петров, на Мисирков и др., но сепак, тој за ова исклучително важно прашање не зазеде јасен став. Тоа не можеше да не се одрази врз целата негова политичка, тактичка и организациска национално-револуционерна дејност.\nКако и да е, не смееме да бидеме неправедни спрема сеќавањето на големиот македонски син, и затоа тука, сепак, сме должни да одбележиме дека Гоце напишал во едно свое писмо: „Така ли нема кој да напише барем една книга на македонски?“ Овој восклик на Гоце покажува дека ако тој беше жив, во никој случај немаше да остане рамнодушен на фактот дека денес во Македонија има маса книги, а не само поетски и публицистички, напишани токму на македонски јазик, кој веќе прилично се разви и се повеќе и повеќе се дооформува и усовршува како нов литературен македонски јазик. Лириката на Рацин, на Неделковски и особено на Венко Марковски и на цела редица други талентирани македонски поети, прекрасни списанија и многу други дела кои излегуваат со зголемено темпо, прекрасни драмски дела, изведени со огромен успех од страна на Скопскиот Народен Театар, од чие мајсторство и ние овде во главниот град на братска Бугарија, имавме неодамна прилика да се восхитуваме, не само од изведбата на артистите, туку и од кршниот и звучен македонски јазик - сето тоа е непобитен доказ дека желбата на Гоце е веќе историски факт кој со никакви извртувања и со никакви провокативни подметнувања и интриги на нашите великобугарски реакционери, кои сакаат да го вратат тркалото на историјата наназад, не може да биде ниту одречен, ниту омаловажен или потценет.\nНо, како што реков погоре, и пак ќе кажам, и покрај сето ова, Гоце со самата негова револуционерна дејност и особено со немилосрдната борба против великобугарските, великосрпски и други злоупотреби за сметка на македонскиот народ и револуција, неизмерно придонесе за таквото решение на ова прашање, кое историјата веќе му го даде без можност за ревизија, и кое логично ги надополни и ги доврши самите револуционерни македонско-ослободителни погледи и дејност на Гоце.\nИ токму затоа што тоа веќе се случи, и токму затоа што македонскиот народ во последната епска борба против фашистичкиот јарем, овој пат испадна не сам, туку имаше голем број моќни и верни пријатели и сојузници: моќното југословенско народноослободително движење, предводено од славната југословенска комунистичка партија и нејзиниот легендарен водач - организатор на победата над фашизмот - Јосиф Броз Тито; движењето „Татковински фронт“, а подоцна и режимот „Татковински фронт“ во Бугарија, на чело со НК на ОФ ​​и БРП (к) и неговиот легендарен учител и водач - учител и водач и на целиот бугарски народ - Георги Димитров; народно демократски движења и нивните водачи и други словенски и демократски земји, особено и на прво место великиот СССР со својата славна Комунистичка партија, со непобедливата Црвена армија и најголемиот политички и воен лидер, стратег и организатор - генералисимус Сталин; токму заради сето ова, а исто така и заради новите нараснати внатрешни сили во самата Македонија, со нејзиното славно Народноослободително движење, предводено од Македонската комунистичка партија и нејзините водачи Д. Влачов и Лазар Колишевски - токму заради сето ова новиот македонски Илинден е крунисан со целосен успех и како резултат на тоа, сега имаме нова, слободна, суверена, национално еманципирана и независна стопански, политички, национално и културно силно успешна Македонија како природна федерална единка на Титова Федеративна Југославија.\nТреба да се рече смело и сега да се нагласи дека ако вториот Илинден заврши толку блескаво, неговата генерална проба од 1903 година, организирана од Гоце и неговите соборци (и покрај измамите и лукави пресметки на внатрешните и надворешните врховисти со предвременото подигање на востанието) беше и ќе остане, и во свеста на македонскиот и на сите балкански народи токму како еден од условите за победоносното привршување на вториот Илинден - 11 октомври 1941 година, кое се доврши на Илинден 1944 година со историското заседание на АСНОМ, во манастирот Пчиња, каде е создадена новата македонска Федерална Република, која суверено се самоопредели да стане природна составна единка на Федеративна Титовска Југославија.\nОваа историска заслуга на Гоце и неговите соборци, и покрај некои нивни грешки и недостатоци, кои сега ги спомнуваме само за да не ги повтараме, е доволна за да остане името на Гоце едно од најомилените имиња за македонскиот народ и за биде обвиткан неговиот лик со неуништив ореол на славата и љубовта народна.\nИ сето ова ни дава право да тврдиме дека Гоце е сè уште жив меѓу нас и дека бесмртениот негов дух продолжува да бдее на верна стража, будно грижејќи се за понатамошната судбина на неговата сакана земја и народ. Никаква кал, никакви клевети и провокации од нашите и други шовинисти и реакционери нема да може да ја помрачи неговата слава и да ја згасне големата љубов што ја има за својот легендарен македонски син, веќе слободениот и заитан со џиновски чекори напред народ.\nГаранцијата за ова се:\nПред сè, моќното народнофронтовско движење и моќ на Титова Федеративна Југославија и нејзиниот велик маршал, учител и водач на сите југословенски народи - Јосиф Броз Тито;\nМоќното отечественофронтовско движење и власт на Народна Република Бугарија и нејзиниот учител и водач, основач, инспиратор и организатор на нејзините победи - Георги Димитров;\nМоќни народнофронтовски движења во другите словенски и други демократски земји и нивните славни водачи и учители, на чело со великиот СССР и неговиот бесконечно сакан од сите демократски народи и движења, мудар, брилијантен и ненадминат низ целата човечка историја, учител, водач и генералисимус - Јосиф Сталин!\nИ ете, денес се собравме овде, во срцето на отечественофронтовска Софија, за да му оддадеме слава и почит на споменот на големиот македонски син и неговото историско револуционерно, национално, социјално и културно дело.\nДојдени ни се неговите верни ученици, борците на Народниот фронт за слободата на Македонија и творци на нејзината нова национална и општочовечка култура, за да ги земат коските на својот национален учител, водач и херој и да ги пренесат во Скопје - главен град на новата, веќе слободна, федерална Македонија.\nЈас немам ниту можност ниту овластување да давам некакви особени изјави или декларации од чисто политичка природа. Но, сепак, мислам дека имам право и должност да го кажам овде следново:\nОвој чин, чинот на пренесување на коските на Гоце Делчев од нова, слободна, отечественофронтовска Софија во новиот главен град на македонската слободна држава, смело ќе кажам, има големо историско, симболично значење, уште повеќе затоа што на нивниот пат тие ќе поминат и низ Пиринска Македонија.\nСвеченото и искрено испраќање на светите коски на Гоце, кое новата ОФ Бугарија го организирано, исто така претставува голем историски и симболичен чин кој покажува дека во Македонија, во цела Југославија, како и овде во ОФ Бугарија, работите од корен се променија и тоа во смисла и пред се главно на довршување и логичен крај на историското дело на Гоце и на сите негови современи и подоцнешни ученици и соборци.\nМакедонија може да биде, треба да биде и конечно ќе биде обединета во своите природни историски граници. Така обединета, моќна, слободна, суверена и од секој поглед прогресивна, таа навистина ќе стане моќна обединувачка алка на балканските словенски и другите демократски народи - славна историска улога на која беше предодредена дури и во времето на нејзиниот бесмртен син Гоце Делчев.\nПоклонувајќи се од името на отечественофронтовска народно-републиканска Бугарија пред светите коски на легендарниот син на Македонија и искажувајќи длабоко убедување дека овој историски симболичен чин ќе послужи за уште поголемо, поцелосно и порешително приближување и дружба меѓу бугарскиот народ и народите на братска Титова Југославија, и особено македонскиот народ, извикувам:\nДа живее цврстата и неразрушива дружба меѓу сите словенски и слободољубиви народи, на чело со великоиот СССР и со рускиот народ, нашиот, и ослободител на сите словенски народи, учител и покровител!\nДа живее цврстата и неразрушива дружба меѓу сите јужни словени!\nДа живее Федеративна Титова Југославија!\nДа живее отечественофронтовска народно-републиканска Бугарија!\nДа живее слободна, суверена, народно-републиканска, и во секој поглед прогресивна федерална Македонија - остварениот сон на бесмртениот и легендарен нејзин син, претходник на Националниот Македонски Фронт - Гоце Делчев!\nТодор Павлов, Гоце Делчев, Софија, Нариздат 1946 година\nen:A speech by Todor Pavlov on the departure of Goce Delchev’s remains for Skopje - 1946\nbg:Реч по случай пренасяне костите на Гоце Делчев в Н. Р. Македония", "subject": ["Историја на Бугарија", "Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%BE%D0%B2_%D0%BF%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D0%B7%D0%B0_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5_-_1946", "word_count": 4229, "cyrillic": 0.996}
{"id": "9193", "title": "Уставен закон за измени на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1965)", "text": "Во Уставот на Социјалистичка Република Македонија се вршат измени утврдени со овој закон.\nВо член 48 став 1 зборот &bdquo;околиите&ldquo; и запирката пред него се бришат.\nВо член 51 став 1 и 2 зборот &bdquo;околиите&ldquo; и запирката пред него се бришат.\nВо член 52 став 1 зборовите: &bdquo;на околиските собранија и&ldquo; се бришат.\nВо член 55 став 4 се брише.\nВо член 58 став 3 зборовите; &bdquo;околиските и&ldquo; се бришат.\nВо член 75 став 1 се бришат зборовите: во ред 1 &bdquo;односно околиите&ldquo; а во ред 4 &bdquo;и околиските&ldquo;.Во став 3 зборовите; &bdquo;односно околијата&ldquo; се бришат.\nВо член 76 став 2 зборот &bdquo;околијата&ldquo; и запирката пред него се бришат.Во став 3 зборот &bdquo;околиите&ldquo; и запирката пред него се бришат.\nВо член 85 став 3 зборовите: &bdquo;и околиски&ldquo; се бришат.\nВо член 89 ред 4 наместо зборовите: &bdquo;на општински суд&ldquo; се ставаат зборовите: &bdquo;што го избира општинско собрание&ldquo;.\nГлава V ОКОЛИЈА со членовите 109-126 се бришат.\nВо член 127 став 1 точка 3 зборовите: &bdquo;и околиите&ldquo; се бришат, а пред зборот &bdquo;општините&ldquo; запирката се замениува со &bdquo;и&ldquo;.Во став 1 точка 19 и во став 4 зборовите: &bdquo;и околиите&ldquo; се бришат.\nВо член 128 зборовите: &bdquo;и околиите&ldquo; се бришат.\nВо член 133 став 2 се бришат зборовите: во ред 2 и 12 &bdquo;и околиите&ldquo; и во ред 7 &bdquo;и околиските&ldquo;.\nВо член 135 став 2 зборовите: &bdquo;или околиските&ldquo; се бришат.\nЧлен 136 се брише.\nВо член 137 став 1, 2 и 3 се бришат зборовите: &bdquo;и околиските&ldquo; а во став 4 &bdquo;и околијата&ldquo;.\nВо член 138 став 1 се бришат зборовите: во ред 2 &bdquo;и околијата&ldquo;, во ред 5 &bdquo;и околиите&ldquo; и во ред 9 &bdquo;односно околијата&ldquo;.Во став 2 се бришат зборовите: во ред 4 &bdquo;и околиските&ldquo;, во ред 6 &bdquo;односно околијата&ldquo;, а во ред 7 зборот &bdquo;надоместат&ldquo; се зменува со &bdquo;надомести&ldquo;.\nВо член 139 се бришат зборовите: во ред 4 &bdquo;и околиските&ldquo; и во ред 5 &bdquo;и околиите&ldquo;.\nВо член 142 став 1 точка 13 зборовите: &bdquo;и околиските&ldquo; се бришат.\nВо член 149 ред 4 зборовите: &bdquo;на републички суд&ldquo; се заменуваат со зборовите: &bdquo;што го избира Собранието&ldquo;.\nВо член 158 точка 3 зборовите: &bdquo;и околиските&ldquo; се бришат.\nВо член 185 став 3 зборовите: &bdquo;или околиско&ldquo; се бришат.\nВо член 209 став 3 се менува и гласи:&bdquo;Окружни судови се основаат за подрачје на една или повеќе општински судови&ldquo;.\nВо член 217 став 1 зборовите: &bdquo;и околиите&ldquo; се бришат.Во став 2 зборовите: &bdquo;и околиските&ldquo; се бришат.\nВо член 219 се бришат зборовите: во ред 1 &bdquo;односно околиското&ldquo;, во ред 4 &bdquo;односно околиско&ldquo; и во ред 7 &bdquo;односно околиски&ldquo;.\nЧлен 220 се брише.\nЧлен 221 се менува и гласи:&bdquo;Извршниот совет има право до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутот на општината и на пропис или на друг општ акт на општинското собрание ако се во спротивност со Уставот и со законите.Републичките секретари имаат право да го запрат извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на советите и органите на управата на општинските собранија и се должни да побараат истовремено од општинското собрание да го поништи или укине прописот односно актот во рок од триесет дена. Ако општинското собрание во определениот рок не го поништи или укине прописот односно актот, републичкиот секретар ќе го извести Извршниот совет&ldquo;.\nЧлен 222 се брише.\nВо член 223 став 2 зборот &bdquo;околијата&ldquo; и запирката пред него се бришат.\nВо член 226 став 2 се бришат зборовите: во ред 1 &bdquo;и околиите&ldquo; и во ред 3 &bdquo;односно околијата&ldquo;.\nВо член 233 став 1 точка 4 се бришат зборовите: во ред 2 &bdquo;и околиите&ldquo; и во ред 3 &bdquo;и околиските&ldquo;.Во став 1 точка 6 се бришат зборовите: во ред 2 &bdquo;и околиите&ldquo; и во ред 3 и 4 &bdquo;односно околии и помеѓу општина и околија&ldquo;.Во став 1 точка 7 зборот &bdquo;околиските&ldquo; и запирката пред него се бришат.Во став 2 зборот &bdquo;околиските&ldquo; и запирката пред него се бришат.\nВо член 235 став 1 точка 5 зборовите: &bdquo;или околиско&ldquo; се бришат.\nВо член 236 став 3 зборовите: &bdquo;или околиско&ldquo; се бришат.\nГлавите и членовите се пренумерираат така што:Глава VI-XI стануваат глава V-XЧленовите 127-135 стануваат членови 109-117Членовите 137-219 стануваат членови 118-200Член 221 станува член 201Членовите 223-242 стануваат членови 202-221.\nОвој закон влегува во сила со денот на неговото прогласување.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281965%29", "word_count": 833, "cyrillic": 0.844}
{"id": "9210", "title": "Уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на уставот на Република Македонија (2019)", "text": "1 Уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на уставот на Република Македонија\nАмандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија влегуваат во сила со влегувањето во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не произведуваат правно дејство, не влегуваат во сила и се неважечки доколку веднаш не се исполнат условите утврдени во ставот 1 на овој член.\nОдредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од денот на влегувањето во сила на овој закон. Од денот на влегувањето во сила на Амандманот XXXIII, државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, што не ја определува ниту ја предодредува етничката припадност на граѓаните.Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија во личните документи и патни исправи на граѓаните се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија во личните документи и патни исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се пишува на македонски јазик и неговото писмо и на тој јазик и неговото писмо и истото ќе се утврди на тој јазик во сите закони каде што треба да се примени.Од денот на влегувањето во сила на Амандманот XXXIII, употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавни институции и во однос на други употреби согласно Конечната спогодба е во согласност со името на државата или со нејзиното скратено име и гласи &bdquo;на Република Северна Македонија&ldquo; или &bdquo;на Северна Македонија&ldquo;.\nПостоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата, ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од пет години од нeговото влегување во сила.\nУсогласувањето со Амандманот XXXIII на постоечките документи и материјали наменети исклучиво за внатрешна употреба ќе започне со отворањето на секое поглавје од релевантното поле во преговорите со Европската Унија, а ќе заврши најдоцна во рок од пет години од отворањето на поглавјето.\nВо однос на примената на Амандманот XXXV Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави: Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и Република Србија.\nОвој уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието на Република Македонија и влегува во сила со денот на влегувањето во сила на уставните амандмани.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_XXXIII_%D0%B4%D0%BE_XXXVI_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%282019%29", "word_count": 460, "cyrillic": 0.96}
{"id": "9211", "title": "Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија (2005)", "text": "1 Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија\nАмандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија се применуваат од денот на прогласувањето од Собранирто на Република Македонија, ако за примената на некои одредби од Амандманите со овој уставен закон поинаку не е определено.\nНајдоцна до 30 јуни 2006 ќе се донесат:- Законот за Судски совет на Република Македонија;- Законот за судовите и- Законот за прекршоците.\nНајдоцна во рок од девет месеци од денот на прогласувањето на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија ќе се донесат:- Законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство и- Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија.Најдоцна во рок од 18 месеци од денот на прогласувањето на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија ќе се усогласат законите врз основа на кои орган на државната управа или организација и друг орган, што врши јавни овластувања, можат да изрекуваат санкции за сторен прекршок.\nДо влегување во сила на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија, изборот и разрешувањето на судиите ќе се врши согласно Законот за судови (&ldquo;Службен весник на Република Македонија&rdquo; број 36/1995, 45/1995 и 64/2003) и Законот за Републичкиот судски совет (&ldquo;Службен весник на Република Македонија&rdquo; број 80/1992, 50/1999 и 43/2003).\nДо усоглосувањето на Законот за јавното обвинителство со амандманите XXIV и XXX јавните обвинители ќе се избираат согласно Законот за јавното обвинителство (&ldquo;Службен весник на Република Македонија&rdquo; број 38/2004).\nДо усоглосувањето на Законот за Владата на Република Македонија со Амандманот XXIII, за имонитетот на претседателот и министрите ќе се одлучува согласно Законот за Владата на Република Македонија (&ldquo;Службен весник на Република Македонија&rdquo; број 59/2000, 12/2003 и 55/2005).\nОвој уставен закон за спроведување на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието на Република Македонија и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставните амандмани.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_XX_%D0%B4%D0%BE_XXX_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%282005%29", "word_count": 342, "cyrillic": 0.934}
{"id": "8161", "title": "Устав на Народна Република Македонија (1946)", "text": "(Прв Устав на Македонија, единствен како народна Република во составот на Федеративна Народна Република Југославија, вон сила, со важност од 31 декември 1946 година до 12 април 1963 година, освен главите VI, VII, VIII, IX и XII, како и неговите одреби што се во спротивност со одредбите на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија со важност од 31 декември 1946 година до 2 февруари 1953 година, со назив Устав на Народна Република Македонија)\n0.1 ПРВ ДЕЛ: ОСНОВНИ НАЧЕЛА\n0.1.1 Глава I: Народна Република Македонија\nНародна Република Македонија е народна држава со републикански облик.\nОстварувајќи ја во својата ослободителна борба, и во заедничката борба на сите народи на Југославија својата народна држава Народна Република Македонија и изразувајќи ја врз основа правото на секој народ на самоопределување, вклучително правото на отцепување и на соединување со други народи, својата слободна воља, македонскиот народ се соединува врз основа на начелото на рамноправноста со останатите народи на Југославија и нивните народни републики: Народна Република Србија, Народна Република Црна Гора, Народна Република Босна и Херцеговина, Народна Република Хрватска, Народна Република Словенија, во заедничка сојузна држава - Федеративна Народна Република Југославија.\nДржавниот грб на Народна Република Македонија претставуе поле окружено со житни класја, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, кои што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви. Меѓу врвоите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртуе планина, во подножјето на која што тече река. Зад планината изгрева сонце.\nДржавното знаме на Народна Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилна петокрака форма. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.Кога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на знамето се поклопуе со точката во која што се сечат диагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето. Горниот крак на ѕвездата е управен спрема горната линија од должината на знамето, а долните краци се управени спрема долната линија од должината на знамето. Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестина од широчината на знамето.\nГлавниот град на Народна Република Македонија е Скопје.\n0.1.2 Глава II: Народна власт\nВо Народна Република Македонија сета власт произлегуе од народот и му припаѓа на народот.Народот ја остваруе својата власт преку слободно избрани претставнички органи на државната власт, народните одбори, кои што, од месните народни одбори до Народното собрание на НРМ, настанаа и се ревизија во народноослободителната борба против фашизмот и реакцијата и кои што се основна придобивка на таа борба.\nСите претставнички органи на државната власт ги избираат граѓаните врз основа на општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање.Народните претставници во сите органи на државната власт им се одговорни на своите избирачи.Секој народен претставник може да биде одзван од страна на мнозинството на избирачите од изборната единица на која што е избран и пред истекот на срокот за кој што е избран.Со закон ќе се пропише во кои случаи, под кои услови и на кој начин избирачите можат да ги одзоват своите народни претставници и пред истекот на срокот за кој што се избрани.\nОрганите на државната власт на Народна Република Македонија ја вршат власта врз основа Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, законите на ФНРЈ, законите на НРМ и општите прописи на повисоките органи на државната власт.Сите акти на органите на државната управа и на органите на правосудието мораат да бидат основани на закон.\n0.1.3 Глава III: Основни права на нaродот и на Народна Република Македонија\nНародна Република Македонија ја врши државната власт суверено, пренесувајќи ги на Федеративна Народна Република Југославија само оние права што се утврдени со уставот на ФНРЈ.Суверените права на Народна Република Македонија, нејзината безбедност како и општественото и политичкото уредуење стоат под заштита и одбрана на Федеративна Народна Република Југославија.\nПротивен му е на Уставот на Народна Република Македонија секој акт, што на нејзината територија е управен против сувереноста, рамноправноста и националната слобода на македонскиот народ и на Народна Република Македонија, како и на останатите народи и на останатите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија.\nГраниците на Народна Република Македонија не можат да се менуат без согласие на Народна Република Македонија.\nНационалните малцинства во Народна Република Македонија уживаат право и заштита на својот културен развиток и на слободна употреба на својот јазик.\n0.1.4 Глава IV: Општествено економско уредуење\nСредствата за производството во Народна Република Македонија се или општонароден имот, то ест имот во рацете на државата, или имот на народните кооперативни организации, или имот на приватни физички и правни лица.Сите рудни и други богатства во употребата на земјата, водите, вклучувајќи ги минералните и лековитите, изворите на природната сила, средствата на железничките и воздужните соопштенија, поштата, телеграфот, телефонот и радиото се општонароден имот.Средствата за производство во рацете на државата ги исползуе државата сама или ги дава на друг за исползуење.Надворешната трговија е под контрола на државата.\nСо цел да ги заштити животните интереси на народот, да ја подигне народната благосостојба и правилно да ги искористуе сите стопански можности и сили, државата му дава правец на стопанскиот живот и развиток со општ стопански план потпирајќи се врз државниот и кооперативниот стопански сектор, а остваруејќи ја општата контрола над приватниот сектор на стопанството.Во остваруењето на општиот стопански план и на стопанската контрола, државата се потпира врз соработуачката на синдикалните организации на работниците и намештениците и на другите организации на работниот народ.\nОпштонародниот имот е главно опориште на државата во развитокот на народното стопанство. Општонародниот имот стоји под социјална заштита на државата.Управувањето и располагањето со општонародниот имот се определуе со закон.\nДржавата им посветуе особено внимание и им дава помош и олеснуење на народните кооперативни организации.\nСе гарантира приватната сопственост и приватната превземливост во стопанството.Се гарантира наследуењето на приватната сопственост. Правото на наследство се уредуе со закон.Никој не може да го употребуе правото на приватната сопственост во штета на народната заедница.Се забрануе постоењето на приватни монополистички организации, како што се: картели, синдикати, трустови и слични организации создадени со цел за диктирање на цените, монополизирање на пазариштето и оштетуење интересите на народното стопанство.Приватната сопственост може да се ограничи или да се експропира, ако тоа го бара општиот интерес, но само врз основа на законот. Со закон ќе се одреди во кој случај и во која висина ќе му се даде накнада на сопственикот.Под истите услови можат со закон да се национализираат одделни стопански гранки или претпријатија, ако тоа го бара општиот интерес.\nЗемјата им припаѓа на оние што ја обработуат. Законот определуе може ли и колку земја да има установа и лице што не е земјоделец.Не може да има големи земјишни поседи во приватни раце врз каква и да е основа.Максимумот на приватниот земјиштен посед се определуе со закон.Државата особено го заштитуе и помага сиромашниот и средниот селанец со својата општа стопанска политика, со ефтин кредит и со даночниот систем.\nСо стопански и други мерки државата го помага работниот народ да се здружуе и организира со цел да се одбрани од стопанска експлоатација.Државата ги заштитуе лицата во наемниот работен однос, особено со обезбедуење правото на здружуење, со ограничуење работниот ден, со обезбедуење правото на платен годишен одмор, со контрола на работните услови, со грижа за жилишните околности и со социјално осигуруење.Малолетните лица во работниот однос уживаат особена заштита на државата.\n0.1.5 Глава V: Права и должности на граѓаните\nСите граѓани на Народна Република Македонија се еднакви пред законот и се рамноправни без оглед на народност, раса и вероисповест.Не се признаваат никакви привилегии во раѓањето, положбата, имотната состојба и степенот на образованието.Противен му е на Уставот и подложи на казна секој акт со кој што на граѓаните им се даваат привилегии или им се ограничуат правата врз основа на разликата во народноста, расата и вероисповеста како и секое проповедање на национална, расна или верска омраза и раздор.\nГраѓаните на Народна Република Македонија се должни да се придржуат за Уставот на ФНРЈ, за Уставот на НРМ и за законите.\nСите граѓани на Народна Република Македонија, без разлика на пол, народност, раса, вероисповест, степен на образование и место на живеење, што навршиле 18 години старост, имаат право да избираат и да бидат избрани во сите органи на државната власт.Граѓаните на Народна Република Македонија што се наоѓаат во редовите на Југословенската армија, имаат право да избираат и да бидат избрани, како и останатите граѓани.Избирачкото право е општо, еднакво и непосредно и се врши со тајно гласање.Не уживаат избирачко право лицата под старателство, лицата што со судска пресуда се лишени од избирачко право за време дури трае дејствието на пресудата, и лицата што врз основа на Сојузниот закон го изгубат избирачкото право.\nЖените се рамноправни со мажите во сите области на државниот, стопанскиот и општествено-политичкиот живот.За еднаква работа жените имаат право на еднаква плата како и мажите и уживаат особена заштита во работниот однос.Државата особено ги заштитуе интересите на мајката и детето со создавање породилишта, детски домови и детски дневни домови, и со право на мајката на платена отпуска пред и по раѓањето.\nНа граѓаните на Народна Република Македонија им е гарантирана слобода на свеста и слобода на вероисповеста.Црквата е одделена од државата.Верските заедници, чието учење не се противи на Уставот, се слободни во своите верски работи и во вршењето на верските обреди. Верските училишта за подготвуење на свештеници се слободни, а стоат под општ надзор на државата.Забранета е злоупотребата на црквата и верата во политички цели и постоењето на политички организации на верска основа.Државата може материално да ги помага верските заедници.\nБракот и фамилијата се под заштита на државата. Државата со закон ги уредуе правните односи на бракот и фамилијата.Полноважен е само бракот заклучен пред надлежните државни органи. По заклучуењето на бракот граѓаните можат да извршат и венчање по верските прописи.Сите брачни спорови припаѓаат во надлежност на народните судови.Евиденцијата на родените, венчаните и умрените е во надлежност на државата.Родителите имаат спрема вонбрачните деца исти обврски и должности како и спрема брачните деца. Положбата на вонбрачните деца се уредуе со закон.Малолетните лица стоат под особена заштита на државата.\nНа граѓаните им се гарантира слободата на печатот, говорот, здружуењето, собирите, јавните збирања и манифестациите.\nЗагарантирана е неприкосновеноста на личноста на граѓаните.Никој не може да биде задржан во притвор подолгу од три дена без писмено и образложено решение на судот или јавниот обвинител. Најдолгиот срок на притворот се определуе со закон.Никој не може да биде казнет за кривично дело без решение на надлежниот суд донесено врз основа на законот со кој што е определена надлежноста на судот и кривичното дело.Казните можат да се установат и изречуат само врз основа на законот.Никој, ако им е достапен на државните органи, не може да биде суден а да не е по законот ислушан и на прописен начин повикан да се брани.Казните за прекршуење на правните прописи можат органите на државната управа да ги изречуат само во границите што се одредени со закон.Само во случај пропишани со закон може граѓанинот да биде изгонет од своето живеалиште.Државјанинот на Народна Република Македонија што врз основа на сојузниот закон ќе го изгуби државјанството на Федеративна Народна Република Југославија го губи и државјанството на Народна Република Македонија. На државјанинот на Народна Република Македонија не може да му се одземе државјанството на Народна Република Македонија додека го има државјанството на ФНРЈ.\nЖилиштето е неповредливо.Никој не може да влезе во туѓо жилиште или простории, ниту да врши претрес против волјата на нивниот држител без решение предвидено со закон.Претресот може да се врши само во присаствие на двајца сведоци. На претресот има право да присуствуе и лицето чие жилиште или простории се претресуат.\nНеповредлива е тајната на писмата и другите средства за општење, освен во случај на кривична истрага, мобилизација и воена состојба.\nВо Народна Република Македонија уживаат право на прибежиште туѓи државјани прогонети заради залагањето на демократски начела, национално ослободуење, права на работниот народ и слобода на научната и културната работа.\nСекој граѓанин е должен да работи според своите способности; кој не и дава на заедницата не може од неа ни да прима.\nНа сите граѓани на Федеративна Народна Република Југославија еднакво им се достапни под законски услови сите јавни служби.Должност им е на граѓаните свесно да ги извршуат јавните должности за кои што се избрани или што им се поверени.\nОдбраната на татковината е нависока должност и чест на секој граѓанин.Предавството на татковината е најголемо злосторства спрема народот.Воената обврска на граѓаните е општа.\nДржавата им обезбедуе на воените инвалиди достоен живот и бесплатно оспособуење за работа.Децата на паднатите борци и на жртвите од војната се под особена грижа на државата.\nДржавата се грижи за подигне здравјето на народот со организација и контрола на здравствената служба, на болниците, апотеките, санаториумите, лечилиштата и поправалиштата и другите здравствени установи.Државата ја има грижата за физичкото воспитуење на народот, особено на младината, заради подигањето на здравјето и работната способност на народот како и ојакнуењето на одбранбената сила на државата.\nСе осигуруе слободата на научната и уметничката работа.Државата ја помага науката и уметноста со цел да ја развива народната култура и народната благосостојба.Авторското право е заштитено со закон.\nСо цел за подигање на општата култура на народот, државата осигуруе училиштата и другите просветни и културни установи да им бидат достапни на сите слоеви на народот.Државата и посветуе особено внимание на младината и го заштитуе нејзиното воспитуење.Училиштата се државни. Само со закон може да се допушти отворање на приватни училишта а нивната работа е под контрола на државата.Основната настава е задолжителна и бесплатна.Училиштето е одделено од црквата.\nГраѓаните имаа право на молба и петиција до органите на државната власт.Против решенијата на органите на државната управа и неправилните постапки на службените лица, граѓаните имаат право на жалба.Со закон ќе се пропише постапката за поднесуење на жалба.\nСекој граѓанин има право да ги тужи на надлежниот суд службените лица за кривични дела направени во службената работа.\nГраѓаните имаат, под законски услови, право да бараат од држава и службените лица накнада за штетата што им е направена со незаконито и неправилно вршење на службата.\nДаночната обврзка на граѓаните е општа и сразмерна на нивната стопанска сила.Јавните давачки и ослободуењето од нив се установуат само со закон.\nПоради заштита на граѓанските слободи и демокатското устројство на Народна Република Македонија и на Федеративна Народна Република Југославија утврдено со Уставот на ФНРЈ односно со овој Устав, незаконито и казниво е да се употребуат граѓанските права за промена и нарушуење на уставното устројство во противдемократска цел.\n0.2 ВТОР ДЕЛ: ДРЖАВНО УРЕДУЕЊЕ\n0.2.1 Глава VI: Народна Република Македонија и Федеративна Народна Република Југославија\nНародна Република Македонија ги врши самостојно сите права утврдени со овој Устав.Со цел да се оствари економско и политички взаимна помош и соработка, како и заедничка одбрана на националната слобода и независност, Народна Република Македонија ги пренесе на Федеративна Народна Република Југославија определените работи содржани во член 44 од Уставот на ФНРЈ.\nВо надлежност на Народна Република Македонија, во лицето на нејзините највисоки органи на државната власт и на државната управа, припаѓа:1) донесуење, изменуење и дополнуење Уставот на Народна Република Македонија и грижи за неговото извршуење;2) решавање за согласие за изменуење границите на Народна Република Македонија;3) административно-територијална поделба на Народна Република Македонија;4) заштита на државното уредуење и правата на граѓаните; јавен ред и сигурност;5) донесуење на стопанскиот план на Народна Република Македонија;6) управуење на стопанството од републиканско значење и раководење на стопанството од локано значење;7) донесуење на државниот буџет на Народна Република Македонија; остваруење и контрола над извршуењето на буџетот на Народна Република Македонија и одобруење на свршената сметка на Народна Република Македонија; раководење во остваруењето буџетот на народните одбори;8) државјанство на Народна Република Македонија;9) раководење на судовите на Народна Република Македонија; амнестија и помилување спрема прописите на законот;10) финансиски, индустриски, рударски, градежни, трговски, шумски и поледелски претпријатија од републиканско значење;11) патишта, реки, канали и пристаништа од републиканско значење;12) транспорт и соопштенија од републиканско значење;13) заклучуење заеми на Народна Република Македонија и одобруење на заклучените заеми на народните одбори во границите на законот;14) утврдуење и одобруење, во согласност со сојузните закони, на републикански и локални давачки; утврдуење и одобруење давачките на народните одбори;15) контрола на состојбата на претпријатијата и установите од општодржавно значење на територијата на Народна Република Македонија;16) утврдуење ребубликанското и локалното значење на стопанските претпријатија и установи од надлежноста на Народна Република Македонија;17) раководство на жилишните и комуналните работи; жилишна изградба, изградба и уредуење на градовите и местата;18) законодавство и раководство, врз основа на општите и начелни прописи на ФНРЈ, во областа:а) на индустријата, рударството, трговијата, поледелството, шумарството, ловот и водните сили;б) на градежите, стопанското работење и политиката на цените;в) на заштитата на народното здравје, социалните грижи и физичката култура;г) на основната, средната и високата настава, просветните, културните и научните установи и организации од републиканско значење; д) на организацијата на државната власт.Доколку општите начела на ФНРЈ не се донесени, Народна Република Македонија ги донесуе своите прописи сама.19) дополнително законодавство во рамките на основните закони на ФНРЈ.\nТериторијата на Народна Република Македонија заедно со териториите на другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија чинат единствено државно и стопанско подрачје.\nСојузните закони се задолжителни на територијата на Народна Република Македонија.Во случај на несогласност меѓу сојузните закони и законите на Народна Република Македонија се применуат сојузните закони.\nПрометот на стоки меѓу Народна Република Македонија и другите народни републики на ФНРЈ е слободен и не може да се ограничи со закон на НРМ.\nАктите и исправите од органите на државната управа и од органите на правосудието на другите народни републики на ФНРЈ имаат во Народна Република Македонија еднаква возможност како и актите и исправите од органите на државната управа и од органите на правосудието на НРМ.\nГраѓаните на народните републики на Федеративна Народна Република Југославија уживаат на тетиторијата на Народна Република Македонија еднаква права како и нејзините граѓани.\nСекој државјанин на Народна Република Македонија истовремено е државјанин на Федеративна Народна Република Југославија.\n0.2.2 Глава VII: Највисоки органи на државната власт на Народна Република Македонија\n0.2.2.1 а) Народно собрание на Народна Република Македонија\nНародното собрание на НРМ е претставник на народниот суверенитет на Народна Република Македонија.\nНародното собрание на Народна Република Македонија е врховен орган на државната власт на Народна Република Македонија и ги врши врз основа Уставот на Народна Република Македонија сите права што и припаѓаат на Народна Република Македонија, доколку со Уставот не се пренесени во надлежност на Президиумот на Народното собрание и на Владата на Народна Република Македонија.\nНародното собрание на НРМ го избираат граѓаните на Народна Република Македонија.На колку жители се избира еден народен пратеник пропишуе законот на Републиката.\nНародното собрание на НРМ се избира на четири години.\nЗаконодавната власт во Народна Република Македонија ја врши исклучително Народното собрание на НРМ.\nЗаседанијата на Народното собрание на НРМ се редовни и вонредни и се свикуат со указ од Президиумот на Народното собрание на НРМ.Редовните заседанија се свикуат два пати годишно, и тоа најдоцна до 1 јуни и најдоцна до 1 декември. Ако Народното собрание не биде свикано во овие срокови, тоа може да се собере и само без Указ на Президиумот.Вонредните заседанија се свикуа кога Президиумот на Народното собрание на НРМ ќе најде дека е потребно или кога тоа го побара една третина од народните пратеници.\nНародното собрание на Народна Република Македонија избира од својата средина претседател, еден или повеќе потпретседатели и до три секретари.Претседателот ги раководи седниците на Народното собрание и неговата работа врз основа на правилникот за работа.\nНародното собрание на НРМ прописуе правилник за својата работа.Седниците на Народното собрание по правило се јавни.\nНародното собрание на НРМ донесуе решенија со мнозинство на гласовите.За донесуење решенија потребно е присуствението на мнозинството на пратениците.\nПраво за поднесуење на законски предлози до Народното собрание на Народна Република Македонија имаат Владата на НРМ, членовите на Владата на НРМ и народните пратеници на Народното собрание на НРМ.\nНародното собрание на НРМ со закон го утврдуе годишниот државен буџет на Народната Република.Владата го составуе државниот буџет на Народна Република Македонија и го поднесуе на Народното собрание.Народното собрание на НРМ ја одобруе свршената сметка за извршуење на државниот буџет на НРМ.\nЗаконот влегуе во сила осмиот ден по објавуењето во &bdquo;Службениот весник&ldquo; на Народна Република Македонија, ако со самиот закон не е инаку определено.\nНародното собрание на НРМ избира посебни одбори на кои што им поверуе определени работи.Народното собрание на НРМ на првото збирање избира верификационен одбор што ги испитуе пратеничките полномошни.Народно собрание на НРМ на предлог од верификациониот одбор ги потврдуе или поништуе полномошните на пратениците.\nПо верификацијата на пратеничките полноможни пратениците ја полагат следната клетва:&bdquo;Се колнам со својата чест и со честа на својот народ дека како народен пратеник секој пат ќе ги застапуам и бранам демократските права и слободата на народот на Народна Република Македонија; дека вредно ќе го чувам братството, единството и слободата на народите на нашата заедничка татковина Федеративна Народна Република Југославија и дека неуморно ќе ги бранам и зајакнуам придобивките од Народноослободителната борба; дека ќе го вложат сиот свој труд и знание за изградбата на народната наша држава и за подигање на благосостојбата на работниот народ и дека својата пратеничка должност ќе ја исполнуам совесно и неуморно&ldquo;.\nНародното собрание на НРМ може да врши анкети по прашања од општо значење за Народна Република Македонија преку свои анкетни одбори.Сите државни органи и скужбени лица се должни да ги исполнуат барањата на анкетните одбори во поглед утврдуењето на фактите и собирањето на доказите.\nНародните пратеници имаат право да поставуат прашања до Претседателот на Владата на НРМ и до членовите на Владата.Претседателот и членовите на Владата се должни да дадат одговор усмено во срок од три дена или писмено во срок од пет дена. Ако е потребно прибирање на сведенија членот на Владата може да побара предлог срок што му е нужен за одговор, но не подолг од 30 дена.\nСекој народен пратеник има право да упатуе интерпелации до Прецедателот и до членовите на Владата на НРМ преку Претседателот на Народното собрание. Собранието се известуе за поднесените интерпелации на првата седница.Народното собрание решава без претрес да ли интерпелацијата ќе се стави на дневен ред, а во случај да се прифати интерпелацијата, се определуе ден за расправање по неа.\nПратениците на Народното собрание на НРМ уживаат имунитет.Пратениците на Народното собрание на НРМ не можат да бидат лишени од слобода ниту против нив може да се поведе кривична постапка без одобрение од Народното собрание на НРМ, или ако ова не заседава без одобрение од неговиот Президиум, осем на случај да бидат заварени на дело на злосторството, за кое што мора веднаш да се извести Президиумот на Народното собрание на НРМ.Народните пратеници на останатите народни републики во ФНРЈ уживаат имунитет по правилата на Уставот на нивната народна република.\nНародното собрание на НРМ може во случај на војна и слични извонредни околности да го продолжи траењето на својот мандат дури таа состојба трае.Народното собрание на НРМ може да реши да се распушти и пред истекот на периодот за кој што е избран.\nИзборите за ново Народно собрание на НРМ мораат да бидат распишани пред истекот на последниот ден од периодот за кој што е избрано.Од денот на распуштањето на Народното собрание на НРМ до денот на изборот на новото Народно собрание на НРМ не може да помине повеќе од три месеци, ни помалку од два месеца.Новоизбраното Народно собрание на НРМ мора да биде свикано на свое прво заседание најдоцна еден месец по извршените избори.\nНародното собрание на НРМ врши изменуење и дополнуење на Уставот на НРМ.Предлог за изменуење и дополнуење на Уставот може да поднесе: Президиумот на Народното собрание на НРМ, Владата на НРМ или една третина од пратениците на Народното собрание на НРМ.Предлог да се пристапи кон решавањето за изменуење или дополнуење на Уставот треба да биде примен со мнозинство на гласовите.Предложеното изменуење или дополнуење на Уставот е усвоено ако за него гласа апсолутно мнозинство од целокупниот број на пратениците на Народното собрание.Применото изменуење или дополнуење на Уставот го прогласуе Народното собрание на Народна Република Македонија и го објавуе со Указ Президиумот на Народното собрание.\n0.2.2.2 б) Президумот на Народното собрание на Народна Република Македонија\nНародното собрание на НРМ избира Президиум на Народното собрание на НРМ.Президиумот на Народното собрание се состои од претседател, три потпретседатели, еден секретар и најмногу 15 члена.\nПрезидиумот на Народното собрание на НРМ ги врши овие работи:1) ги свикуе заседанијата на Народното собрание на НРМ;2) распишуе избори за Народното собрание на НРМ;3) дава задолжителни толкуења на републичките закони;4) ги прогласуе изгласаните закони; издава укази;5) врши право на помилуење спрема прописите на законот;6) доделуе признанија и почесни званија од Народна Република Македонија спрема прописите на законот;7) поставуе и разрешуе, по предлог од Претседателот на Владата на НРМ, одделни членови на Владата во времето меѓу две заседанија на Народното собрание на НРМ при накнадна подврда од Народното собрание на НРМ;8) им одредуе застапници на членовите на Владата по предлог од Претседателот на Владата на НРМ;9) по предлог од Претседателот на Владата на НРМ ги сменуе, соединуе и укинуе постоеќите министерства и комисии во времето меѓу заседанијата на Народното собрание на НРМ и при негова накнадна потврда;10) определуе по предлог од Владата на НРМ кои претпријатија и установи имаат републиканско значење;11) распишуе народен референдум за прашања од надлежноста на Народна Република Македонија врз основа на решение од Народното собрание на НРМ или по предлог од Владата на НРМ;12) решава по прашањата и мерките за кои што ќе го овласти Народното собрание на НРМ.Указите од Президумот на Народното собрание на НРМ ги потпишуат Претседателот и Секретарот.\nПрезидиумот на Народното собрание на НРМ се избира за исто време за кое што е избрано Народното собрание.Во случај на распуштање на Народното собрание на НРМ, Президиумот ги врши должностите се до изборот на нов Президиум на Народното собрание на НРМ.\nПрезидиумот на Народното собрание на НРМ за својата работа одговара пред Народното собрание на НРМ. Народното собрание на НРМ може, да го одзове Президиумот и да избере нов, како и да разреши од должност одделни членови и да избере нови и пред истекот на времето за кои што се избрани.\n0.2.3 Глава VIII: Органи на државната управа на Народна Република Македонија\nНајвисокиот извршен и управен орган на државната власт на Народна Република Македонија е Владата на НРМ.Владата на НРМ ја именуе и разрешуе Народното собрание на НРМ.\nВладата на НРМ е одговорна пред Народното собрание на НРМ на кое што му полага сметка за својата работа.Во времето меѓу две заседанија на Народното собрание, Владата на НРМ одговара и полага сметка за својата работа пред Президиумот на Народното собрание на НРМ.\nВладата на НРМ работи врз основа Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, сојузните закони, законите на НРМ и врз основа уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ.Владата на Народна Република Македонија донесуе уредби врз основа и за применуење на законите на ФНРЈ и на законите на НРМ, на уредбите, напатствијата и наредбите од Сојузната влада, како и напатствијата, уредбите и решенијата за извршуење на законите на ФНРЈ и на законите на НРМ, на уредбите напатствијата и наредбите од Сојузната влада и на своите уредби, и се грижи за нвното спроведуење.Владата на НРМ може да донесуе врз основа на законско овластуење уредби со законска сила.Актите од Владата на НРМ ги потпишуе Претседателот на Владата и надлежниот член на Владата, односно еден член кого Владата ќе го одреди.\nВладата на НРМ ја управуе и согласуе работата на своите министерства, комисии и комитети.Владата на НРМ се грижи за подготвуење и остваруење на општествениот и републиканскиот стопански план и буџет. Ги зема сите потребни мерки за осигуруење и заштитата на уставниот и општествениот поредок, заштита на државните интереси и на граѓанските права. Ја помага Сојузната влада во остваруењето на општодржавните задачи; решава за законските предлози од одделни членови на Владата кои што предлози му се поднесуат на Народното собрание на НРМ, го пропишуе внатрешното устројство на министерствата и подредените установи; создава во случај на потреба специални комисии, комитети и установи при Владата на НРМ со цел за спроведуење стопански, културни и други работи на НРМ; претседателите на овие комисии и комитети не влагаат во составот на Владата на НРМ, а ќе бидат под раководство на Претседателот на Владата.\nВладата на НРМ ја сочинуат: претседателот, еден или повеќе потпретседатели, министрите, претседателот на републиканската Планска комисија и претседателот на републиканската Контролна комисија.Владата на НРМ може да има и министри без ресор.Општосојузните министерства можат за извршуење на работите од својата надлежност да поставуат ополномоќеници при Владата на НРМ.Ополномоќениците ги именуе Владата на ФНРЈ во согласие со Владата на НРМ.\nЧленовите на Владата на НРМ полагаат пред стапуењето на должност, клетва пред Президиумот на Народното собрание на НРМ.\nПретседателот на владата на НРМ ја претставуе Владата, претседава со седниците и ја раководи работата на Владата. Тој се грижи за согласуење работата на сите органи на Владата и ја раководи во името на Владата работата на комитетите, одделните комисии и установи при Владата.\nЧленовите на Владата на НРМ раководат одделни гранки од државната управа од републиканска надлежност и непосредно одговараат пред Владата на Народна Република Македонија за правилното остваруење на поверените им работи, како и за правилното остваруење политиката на Владата.Членовите на Владата имаат право да издаваат правилници, наредби и напатствија врз основа и заради извршуењето на сојузните закони, на законите на НРМ, како и на уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ.Членовите на Владата на НРМ се грижат за правилното извршуење на сојузните закони, на законите на НРМ, како и на уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ и одговараат за нивното приложуење во гранката на државната управа што ја раководат.\nЧленовите на Владата на НРМ се кривично одговорни за повредите на Уставот на ФНРЈ, на Уставот на НРМ, на сојузните закони и на законите на НРМ при вршењето на службената должност.Членовите на Владата одговараат за штетата што ќе ја направат на држава со незаконита работа.Поблиски одредби за одговорноста на членовите на Владата на НРМ ќе се пропишат со закон на НРМ.\nМинистерствата на Народна Република Македонија се: сојузно-републикански или републикански.Сојузно-републикански министерства се: Министерството на финансиите, Министерството на внатрешните работи, Министерството на правосудието, Министерството на индустријата и рударството, Министерството на трговијата и снабдуењето, Министерството на земјоделието и шумарството, Министерството на трудот и Министерството на градежите.Републикански министерства се: Министерството на просветата, Министерството на социалните грижи, Министерството на народното здравје и Министерството на комуналните работи.\nСојузно-републиканските министерства на Народна Република Македонија раководат определена гранка од државната управа и ги вршат покрај работите од сопствената надлежност и работите од сојузно-републиканските министерства на Владата на ФНРЈ, врз основа на нивните правилници, напатствија наредби и решенија.\nРепубликанските министерства раководат самостојно определена гранка на државната управа од надлежноста на Народна Република Македонија и одговараат само пред Владата на Народната Република.\nОполномоќениците на општосојузните министерства при Владата на Народна Република Македонија, можат да присаствуат со советодавен глас на седниците на Владата на НРМ на кои што се претресуат работи за кои што се ополномоќени.\n0.2.4 Глава IX: Органи на државната власт на административно-територијалните единици\nОргани на државната власт на административно-териториалните единици се народните одбори.Преку народните одбори народот ја врши својата власт во административно-територијалните единици во местата (селата и помалите градови, градовите и градските реони и околиите).\nНародните одбори се претставнички органи избрани врз основа на општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање.Народните одбори на местата и на градските населби ги избираат граѓаните на две години, а народните одбори на околиите, градските реони во ранг на околии и градовите ги избираат граѓаните на три години.Изборите за нови народни одбори има да се одржат најдоцна месец дена по истекот на срокот за кој што народните одбори се избрани.\nНародните одбори се највисоки органи на државната власт во односите од локално значење на својата територија.Народните одбори остваруат на својата територија и задачи од општо значење.\nНародните одбори ја раководат работата на подрачните органи на управата и стпоанската и културната изградба во својот делокруг; ја обезбедуат заштитата на јавниот ред, исполнуењето на законите и чувањето на правата на граѓаните; го утврдуат својот буџет и стопански план; ги упавуат општонародните имоти, претпријатијата и установите од локално значење.\nНародните одбори ја вршат државната власт самостојно во рамките на својата надлежност во локалните работи, донесувајќи прописи (решенија) врз основа на Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, сојузните закони, законите на НРМ и општите прописи од повисоките органи на државната власт и државната управа.Решенијата и наредбите на народните одбори се објавуат со потпис од претседателот и секретарот на извршниот одбор.\nСекој народен одбор има свој сопствен буџет.Буџетот го утврдуе народниот одбор со решение во рамките на буџетот на повисокиот орган на државната власт.\nНародните одбори донесуат статути за своето внатрешно уствојство и работење, што го потврдуе повисокиот народен одбор, односно Президиумот на Народното собрание на НРМ.\nНародните одбори се должни да се потпираат во изведуењето на општите или месни задачи врз иницијативата и широкиот удел на народните маси и на организациите на работниот народ.\nНародните одбори ги вршат правата што им се дадени како на највисоки органи на државната власт во административно-територијалната единица непосредно на собранието на своите одборници или преку своите извршни управни органи.Народните одбори не можат да ги пренесат на своите извршни и управни органи оние работи што ги дава законот изрично во надлежност на одборот како целост.\nЗаседанијата на народните одбори се редовни или вонредни. Во редовни заседанија се свикуат народните одбори во срокови определени од статутот, и тоа околиските народни одбори најмалку еднаш во два месеци, а градските, реонските и месните најмалку еднаш во месецот.Вонредните заседанија ги свикуе извршниот одбор по своја иницијатива под услови во законот предвидени или кога тоа го бара една третина од одборниците или по барање од повисокиот орган на државната власт.\nНародниот одбор може да донесуе полноважни заклученија ако на седницата е присутно мнозинството од одборниците.Народниот одбор ги донесуе своите заклученија со мнозинство на гласовите од присутните одборници.\nМесниот народен одбор во селата и помалите градови свикуе во сроковите предвидени во законот и под условите определени со закон, месни собири на избирачите, на кои што им полага сметка за својата работа.Собирите на избирачите се свикуат со цел за разгледуење прашањата што се однесуат до животот на селото односно местото и до работата на месниот народен одбор. Покрај тоа може на собирите на избирачите да се расправаат прашања од интерес и значење за животот на околијата на Народна Република Македонија и на Федеративна Народна Република Југославија.\nИзвршни и управни органи на народните одбори, освен во помалите села, се извршните одбори. Извршниот одбор го сочинуат: претседателот, по потреба потпретседателот, секретарот и другите членови.Извршниот орган на народниот одбор во помалите села го сочинуат претседателот и секретарот.Народните одбори од својата средина избираат извршни одбори и ги разрешуваат сите или одделните нивни членови.Бројот на членовите на извршниот одбор се определуе според нормата што ја пропишуе законот на НРМ, земајќи го предвид бројниот состав на народниот одбор, обемот и сложеноста на работите што ги врши.\nИзвршните одбори се одговорни за својата работа и му полагаат сметка на својот извршен одбор.Извршните и управните органи на народните одбори му се потчинети како на својот народен одбор, така и на извршните и управните органи од повисоките органи на државната власт.\nИзвршниот одбор ги извршуе решенијата, наредбите и напатствијата од својот народен одбор, како и уредбите, правилниците, напатствијата, наредбите и решенијата од повисоките органи на државната управа.Извршниот одбор донесуе задолжителни наредби од општо значење, напатствија и решенија. Наредбите се донесуат со цел да се спроведат решенијата на народните одбори како и врз основа на законско овластуење на други општи прописи од повисоките државни органи и на овластуење на народниот одбор.\nСите задачи и работи што му се дадени во надлежност како на извршен и управен орган извршниот одбор ги врши како целост и колективно ги раководи сите гранки на државната управа.Градските и поголемите околиски извршни одбори имаат одделенија односно отсеци за непосредно раководење на одделни гранки на управата.Одделенијата и отсеците му се потчинети во својата работа на извршниот одбор, а истовремено на соответната одделение на повисокиот народен одбор и на надлежното министерство на НРМ.На чело на одделението односно на отсекот стоат членовите на извршниот одбор како повереници за одделни гранки на управата.\nСо закон на Народна Република Македонија се донесуат поблиски одредби за внатрешната организација на извршниот одбор.\nВладата на НРМ и министерствата на НРМ по правило го остваруат раководството на сите гранки на државната управа на подрачјето на народните одбори преку извршните одбори на народните одбори, со исклучение на претпријатијата и установите од републиканско значење кои што непосредно се управуат од Владата и министерствата на НРМ.Само со закон на Републиката можат да се основаат при извршните одбори одделенија односно отсеци што непосредно ќе одговараат пред министерствата на Народна Република Македонија.\n0.2.5 Глава X: Народни судови\nОргани на правосудието во Народна Република Македонија се: Врховниот суд на НРМ, окружните и околиските судови.Со закон можат да се создаваат специални судови за определени видови спорови.\nВо изречуењето на правдата, судовите се независни и судат по законот.Судовите се одделни од управата во сите степени.Повисоките судови имаат во границите на законот право на надзор над пониските судови.\nСудовите ја изречуат правдата во името на народот.\nРасправањето пред судовите се врши по правило јавно.Решенијата на еден суд може да ги измени само надлежниот повисок суд.На обвинетиот му е обезбедено правото на одбрана пред судот.\nСите судови судат во совет, освен во случај кога законот допушта да суди судија поединец.Советите на околискиот и окружниот суд, кога судат во прва степен, се состоат од судии и судии-поротници кои што во судењето се рамноправни.\nПостапката пред судовите во Народна Република Македонија се води на македонски јазик. Граѓаните што не го знаат македонскиот јазик можат да се служат со својот јазик. На тие граѓани им се обезбедуе правото да се запознаат со целокупниот материал и да ја следат работата на судот преку преводач.\nПретседателот, потпретседателот и судиите на Врховниот суд на НРМ ги избира и разрешуе Народното собрание на НРМ.Претседателот, судиите и судиите-поротници на окружниот суд ги избираат и разрешуат околиските и гратските народни одбори од подрачјето на окружниот суд.Претседателот, судиите и судиите-поротници на околискиот суд ги избира и разрешуе народнот одбор на околијата или градот со ранг на околија.\nВрховниот суд на НРМ е највисок орган на правосудието на Народна Република Македонија.Со закон се определуе во кои случаи Врховниот суд на НРМ суди во прва, а во кои во втора степен.\nВрховниот суд на НРМ ја преценуе законитоста на правосилните решенија од сите судови во Народна Република Македонија, до колку тоа по одредбите на законот во однос на применуењето на сојузните закони не го врши Врховниот суд на ФНРЈ.\n0.2.6 Глава XI: Јавно обвинителство\nНадзорот над правилното исполнуење на законите од страна на сите министерста на НРМ и на ним подчинетите управни органи и установи, како и на одделни службени лица и сите граѓани на територијата на Народна Република Македонија го врши Јавниот обвинител на ФНРЈ непосредно или преку Јавниот обвинител на НРМ.\nЈавниот обвинител на Народна Република Македонија и неговите заменици ги заменуе и разрешуе Јавниот обвинител на ФНРЈ.Окружните и околиските јавни обвинители ги именуе и разрешуе Јавниот обвинител на НРМ при потврда на Јавниот обвинител на ФНРЈ.\nЈавните обвинители се независни во својата работа и се подчинети само на Јавниот обвинител на ФНРЈ и на повисоките јавни обвинители.\nЈавните обвинители имаат по одредбите на законот право да подигаат тужба и жалба, право на законска интервенција во текот на судската и управната постапка, право на кривично гонење, како и право да подигаат барање за заштита на законитоста против правносилните решенија на судовите и на управните органи.\n0.2.7 (Глава XII: Односи меѓу органите на државната власт и органите на државната управа на Народна Република Македонија)\nМеѓусобните односи меѓу органите на државната власт и органите на државната управа на Народна Република Македонија се осниваат врз правата и должностите одредени со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ, со законите и другите општи прописи.\nНародното собрание на НРМ односно неговиот Президиум и повисоките народни одбори даваат општи смерници, им укажуат помош на пониските народни одбори во својот делокруг и вршат општ надзор над нивната работа.Владата на Народна Република Македонија и повисоките извршни одбори даваат правец на управната политика, им укажуат помош и вршат надзор над работата на пониските извршни одбори.\nПрезидиумот на Народното собрание на НРМ има право да ги поништи или укине уредбите, напатствијата, наредбите и решенијата од Владата на НРМ, ако не се во согласност со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ, со сојузните закони и со законите на НРМ.Владата на НРМ има право да ги поништи или укине правилниците, наредбите, напатсвијата и решенијата од членовите на Владата на НРМ, ако не се во согласност со сојузниот закон, со Уставот на НРМ, со сојузните закони, со законите на НРМ или со уредбите, напатствијата, наредбите и решенијата од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ.\nПрезидиумот на Народното собрание на НРМ и повисоките народни одбори имаат право да ги поништуат или укинуат незаконитите или неправилните акти на пониските народни одбори.Владата на НРМ и одделните нејзини членови во рамките на својата надлежност, имаат право да ги поништуат или укинуат незаконитите или неправилните акти на извршните одбори.Народниот одбор има право да ги поништуе или укинуе незаконитите или неправилните акти на својот извршен одбор или на одделен негов член.Народниот одбор односно извршниот одбор, чиј акт е понишен или укинат, има право на жалба до повисокиот орган на државната власт односно на државната управа.\nВладата на НРМ и повисоките извршни одбори имаат право да ги запрат од извршуење незаконитите и неправилните акти на понискиот народен одбор и да му предложат на Президиумот на Народното собрание на НРМ односно на својот народен одбор да ги поништи или укине.Поверениците на повисокиот извршен одбор имаат право во рамките на својата надлежност, да ги запрат од извршуење незаконитите или неправилните акти на пониските извршни одбори, односно, ако овој има отсеци, на соодветниот негов отсек, и да му ги поднесат на својот извршен одбор да ги поништи или укине.\nПрезидиумот на Народното собрание на НРМ односно повисокиот народен одбор има право, по прописот на законот, да распушти секој понизок народен одбор ако неговата работа е во противност со Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, со сојузните и републичките закони и да распише избори за нов народен одбор.Президиумот на Народното собрание на НРМ односно повисокиот народен одбор има право да го разреши извршниот одбор на секој понизок народен одбор и да го свика народниот одбор на вонредно заседание за избор на нов извршен одбор.\nПраво за поведуење постапка за поништуење, укинуење или запирање незаконитите и неправилните наредби, напатствија и решенија го имаат органите што се надлежни за поништуење, укинуење и запирање, повисоките државни органи и граѓаните на Народна Република Македонија.\nСукобите за надлежноста меѓу два народни одбора од иста степен ги решава непосредно повисокиот народен одбор односно Президиумот на Народното собрание на НРМ.Сукобите за надлежноста меѓу извршните одбори од иста степен ги решава нивниот непосредно повисок извршен одбор, односно Владата на Народна Република Македонија.\n0.3 ТРЕТ ДЕЛ: ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nСо денот на влегуењето во сила на Уставот се укинуат сите закони и други правни прописи што му се противни на Уставот.Законите и решенијата потврдени со Решението на Уставотворното собрание на НРМ од 4 ноември 1946 година остануат во важност до донесуењето на конечно решение за нив.Се овластуе Народното собрание на НРМ, во срок од една година од денот на влегуењето во сила на Уставот да ги испита сите закони и решенија потврдени со Решението на Уставотворното собрание на НРМ од 4 ноември 1946 година и да ги доведе во согласност со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ и со сојузните закони и да донесе закони за тоа кои од тие закони и решенија остануат во важност без измени односно да донесе закони за изменуење и дополнуење на тие закони и решенија.Предлозите за сообразуење со Уставот на законите и решенијата ќе ги достави благовремено Претседателот на Владата на НРМ до Народното собрание на НРМ.\nУставот влегуе во сила со прогласуењето на седницата на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија.\n{редДонесено во Скопје-главниот град на Народна Република Македонија.", "subject": ["Устави на Македонија", "Законска регулатива на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281946%29", "word_count": 7428, "cyrillic": 0.997}
{"id": "9218", "title": "Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија (1945)", "text": "1 Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија\nНиз дваесет и двете години на постоењето на Југославија пред војната, нејзините народи не могле да ги остварат своите вековни теженија: националната рамноправност и социјалната правда. Вместо да биде создадено нивното братско единство на основание рамноправноста, ненародната владивина на една хегемонистичка клика создавала помеѓу нив се подлабок јаз и меѓусобен раздор.\nТаква политика на угнетуење поедини народи и на нивното разединуење, како и бруталната политичка и социјална реакција која ја спроведуеле реакционерните клики со монархијата на чело, ја ослабила државата однатре како и спроти надворешниот свет, што довело до катастрофални последици во времето на наездата на фашистичките сили на Југославија во април 1941 година.\nЗа време на априлската наезда на Германија и другите фашистички сили на Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ немал ни способност ни волја да организира отпор на народот против окупаторот, туку побегнал во странство, а народите на Југославија ги препуштил на нивната судбина.\nСо своите постапки за време народноослободителната борба Петар II Караѓорѓевиќ го ослабил отпорот на народот спроти окупаторот. Тој со сите средства ги помагал издајниците кои од 1941 непрекидно воделе борба против Народноослободителната војска, односно против оелободителниот покрет на народот, а соработуеле со окупаторот.\nНародите на Југославија станале во борба против фашистичките окупатори и домашните издајници, цврсто решени да ја бранат својата независнот и слободата и да го допринесат својот удел на општите усилија на уединени нации против заедничкиот непријател. Во четиригодишната борба народите на Југославија го оствариле своето цврсто единство и братство. Оние со крвта и животите на своите најарни синови не сако да ги победиле окупаторите и нивните домашни соработници, току го уклониле сето оноа што во миналото ги раздвојуело. Оние цврсто решиле да создадат таков внатрешен поредок кој ќе им овозможи мирен развиток и остваруење на поарна и посреќна иднина.\nНародите на Југославија се увериле како во периодот од првата до втората светска војна, така и во самиот тек на четиригодишната ослободителна берба, да монархијата била најголема пречка за создавањето на новата Југославија, братската и демократската заедница на рамноправните народи.\nОние се увериле да монархијата е главен кривец и за сите постапки на ненародните режими и пред војната како и за оноа што нашите народи морале да поднесуат од домашните издајници кои биле помагани од монархијата.\nНа основание тоа и согласно на слободно изразен.ата волја на сите народи на Југославија, Уставотворната скупштина на заедничкото заседание на Сојузната скупштина и Скупштината на народите, решила и решуе во име на народот и на основание законските одлуки на обата дома:\nДемократска Федеративна Југославија се прогласуе за народна република под име Федеративна Народна Република Југославија!\nФедеративна Народна Република Југославија е сојузна народна држава на републиканска форма, заедница на рамноправните народи кои слободно ја изразиле својата волја да останат уединени во Југославија.\nСо оваа одлука конечно во име на сите народи на Југославија се укинуе монархијата во Југославија а Петар II Караѓорѓевиќ со целата династија на Караѓорѓевиќи се лошава од сите права кои нему и на династија на Караѓорѓевиќи припаѓале.", "subject": ["Законска регулатива на Југославија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%83%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%A4%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281945%29", "word_count": 492, "cyrillic": 0.994}
{"id": "9225", "title": "Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на СР Македонија (1975)", "text": "1 Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија\nВо Уставниот закон за спроведување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 7/1974)", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%A0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281975%29", "word_count": 38, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9222", "title": "Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија (1991)", "text": "1 Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија\nСо оваа декларација се изразува сувереноста на Социјалистичка Република Македонија согласно со уставните определби за независност и територијален интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување.\nПолитичкиот, стопанскиот и правниот систем на Социјалистичка Република Македонија се темелат на Уставот на СРМ и републичките закони, а во согласност и со определбите изразени во оваа декларација.\nУставот на СФРЈ, сојузните закони и другите сојузни прописи и општи акти ќе се применуваат на територијата на Социјалистичка Република Македонија, доколку не се во спротивност на Уставот на СРМ, републичките закони и одлуките на Собранието со кои се остварува сувереноста на СРМ.\nИзразувајќи ја сувереноста на Социјалистичка Република Македонија, Собранието на СРМ ќе донесе нов устав со кој, покрај другото, ќе се определи општественото уредување и идните симболи на државноста на Македонија.\nСоцијалистичка Рецублика Македонија како суверена држава самостојно одлучува за идните односи со државите на другите народи на Југославија, во согласност со своите интереси, по мирен и демократски пат.\nОваа декларација, Уставот на СРМ, републичките закони и другите прописи и општи акти се основа за одлучување и дејствување како на републичките органи и организации, така и на сојузните органи и организации на територијата на Социјалистичка Република Македонија.\nСобранието на СРМ и надлежните органи на Републиката, до донесувањето на новиот устав, можат и самостојно да преземаат мерки за заштита и унапредување на положбата и правата на деловите на македонскиот народ кои како национално малцинство живеат во соседните земји, за Македонците во другите земји, за иселениците од Македонија и за граѓаните на привремена работа во странство.\nДоколку спогодбено и демократски не се разрешуваат меѓусебните односи на суверените републики во СФРЈ или тоа се врши на начин на кој сувереноста на Републиката се загрозува, Собранието на СРМ ќе донесе уставен закон со кој ќе ги утврди другите прашања од уставноправен карактер со кои СРМ како самостојна и независна држава ќе го преземе извршувањето на суверените права што ги остварувала преку органите на СФРЈ и ќе го утврди начинот на спогодување со другите републики за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, според начелата на меѓународното јавно право.\nОваа декларација влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281991%29", "word_count": 379, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9207", "title": "Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1991)", "text": "1 Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија\nУставот на Република Македонија се применува од денот на прогласувањето од Собранието на Република Македонија, ако за примената на одделни негови одредби со овој уставен закон не е поинаку определено.\nДржавната граница на Република Македонија е нејзината постојана граница со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција и Република Србија.\nРепублика Македонија како суверена и самостојна држава својата меѓународна положба и односите со другите држави и меѓународни органи, организации и заедници ги остварува согласно со општоприфатените начела на меѓународното право.Република Македонија како рамноправен праврн наследник на СФРЈ со другите републики го презема членството на СФРЈ во меѓународните органи, организации и заедници.\nРепублика Македонија, како рамноправен правен наследник на СФРЈ со другите републики, врз основа на договор со другите републики на СФРЈ за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, презема права и обврски настанати од создавањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Доколку не се склучи договор со другите републики за правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи, правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи на Република Македонија со другите суверени држави од СФРЈ се утврдуваат согласно со општите правила на меѓународното право, како и согласно со Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на договорите од 1978 година и Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на државниот имот, архивата и долговите од 1982 година.\nПостојните сојузни прописи се преземаат како републички со надлежностите на органите утврдени со Уставот на Република Македонија.До постигнување на договор со суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го довери извршувањето на одделни прописи на сојузните органи.Ако органите од став 2 на овој член прописите не ги извршуваат во согласност со суверенитетот и интересите на Републука Македонија, нив ги извршуваат органите на Републиката.Сојузните прописи со кои се уредува организацијата и надлежноста на оганите на Федерацијата не се применуваат во Република Македонија.\nЗаконите што не се во согласност со одредбите на Уставот на Република Македонија ќе се усогласат во рок од една година од денот на прогласувањето на Уставот.\nНајдоцна во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот ќе се донесат:- Закон за Републичкиот судски совет;- Закон за судовите;- Закон за Јавното обвинителство;- Закон за народниот правобранител;- Закон за начинот на трансфомација на општествената сопственост;- Закон за државјанството на Република Македонија;- Закон за личната карта;- Закон за преминот на државната граница и движењето во граничниот појас;- Закон за движењето и престојот на странци;- Закон за патните исправи на државјаните на Република Македонија;- Закон за одбраната на Република Македонија;- Закон за локалната самоуправа, и- Закон за територијалната поделба на Република Македонија.\nЗаконот за грбот, знамето и химната на Република Македонија ќе се донесе во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот.До донесувањето на Законот од став 1 на овој член, се применуваат постојните симболи и химната утврдени во досегашниот Устав на Република Македонија.\nДржавјаните на другите републики во СФРЈ кои на денот на влегувањето во сила на овој уставен закон кои имале пријавено живеалиште на територијата на Република Македонија, а немаат државјанство на Република Македонија, ќе може да стекнат државјанство на Република Македонија во согласност со Законот за државјанството на Република Македонинја.\nСобранието на Република Македонија во постојаниот пратенички состав, претседателот на Република Македонија и Владата на Република Македонија продолжуваат да ги вршат фунциите со права и должности утврдени со Уставот до одржувањето на новите избори.Одредбата од член 82 од Уставот ќе се применува по одржувањето на новите избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран потпретседателот на претседателот на Република Македонија.Потпретседателот на претседателот на Република Македонија продолжува да ги врши функциите со права и должности утврдени со Амандманот LXXV на Уставот на Република Македонија, до одржувањето на нови избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран.Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, Законот за избор на претседателот на Република Македонија и Законот за политичките партии ќе се донесат најдоцна три месеци пред одтжувањето на новите изборите.\nДо постигнување на договор меѓу суверените држави од СФРЈ делегатите од Република Македонија во Собранието на СФРЈ ќе ги вршат своите функции во согласност со насоките на Собранието на Република Македонија.\nДо постигнување на договор меѓу суверените држави од СФРЈ членот на Претседателството од Република Македонија ќе ги врши своите функции во согласност со насоките на Собранието на Република Македонија.\nВооружените сили на Република Македонија, до донесувањето на Законот за одбраната на Република Македонија, ги сочинуваат единиците, командите и штабовите на територијалната одбрана на Република Македонија.Служењето на воениот рок на регрутите и служењето на воената обврска во резерниот состав ќе се врши во вооружените сили на Македонија од став 1 на овој член.\nДипломатските и конзуларните претставништва и културно-информатичките центри на СФРЈ ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија како суверена и самостојна држава до постигнување на договор меѓу суверените држави од СФРЈ, до основање на сопствени дипломатски, конзуларни претставништва и културно-информатички центри.\nИзборот на сите судии во судовите и именувањето на Јавниот обвинител според одредбите на овој Устав ќе се изврши најдоцна во рок од шест месеци по конституирањето на Републичкиот судски совет.Републичкиот судски совет ќе се конституира во рок од два месеци по донесувањето на Законот за Републичкиот судски совет.До конституирањето на Републичкиот судски совет нема да се врши избор на судии на судовите и именување на јавни обвинители во јавните обвинителства на кои им истекол мандатот. Истите продолжуваат да ја вршат функцијата до изборот, согласно Уставот на Република Македонија.\nСудиите на Уставниот суд ќе се изберат најдоцна во рок од три месеци по конституирањето на Републичкиот судски совет.Со денот на изборот на судиите на Уставниот суд на Република Македонија од став 1 на овој член, на постојните судии им престанува функцијата судии на Уставниот суд.\nОвој уставен закон за спроведување на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281991%29", "word_count": 984, "cyrillic": 0.999}
{"id": "9239", "title": "Небиднина/ Четврта молитва на моето тело", "text": ":Овде си, над ова тело, како смирено крило\n:ти - толку разумно - толку студено штедра,\n:па сакам да се помолам за она што веќе било,\n:зашто иднината во сите срца е ведра.\n:Сплети ги тие светлини, тоа горење бело,\n:тие светкавици во темнина што спијат,\n:обви го со нив денес ова гордо исправено тело,\n:сеедно - како камшик или ко бршлан вијат.\n:Сплети ги в огромна лузна, скамени ги во вера,\n:дај ми, дај таа светлина со кошмар да ја пијам,\n:зашто сè она што потемнува во моето Вчера\n:јас како светло Утре во длабини го кријам.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 98, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9228", "title": "Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции (2021)", "text": "1 Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции\nВрз основа на член 68 став 2 од Уставот, како и врз основа на член 184 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија\nТргнувајќи од објавениот „Резултат од референдумот во Република Македонија, одржан на 8 септември 1991 година (Сл.Весник 43/91), почитувајќи ги позициите на „Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со Европската Унија“ усвоена од Собранието на 4 февруари 1998 година (Сл.Весник 7/98), а во контекст на наметнатите билатерални пречки кон ЕУ, ние пратениците ја декларираме волјата на граѓаните и на ден 29 јули 2021 година Собранието донесе\nРЕЗОЛУЦИЈА\nПреговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.\nДа се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.\n3. Да се уважуваат сознанијата. утврдените со акти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според кои што:\n- македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор,\n- споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.\n4. Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.\n5. Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на Организацијата на обединетите нации (СЈОН) за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.\n6. Собранието ја обврзува и ја насочува Владата, но и сите надлежни органи задолжени за надворешната политика и евроинтеграциите да постапат во рамките на позициите утврдени со оваа Резолуција\n8. Оваа Резолуција ќе се објави во Службен Весник", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D1%83%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8_%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%B8_%D0%B2%D0%BE_%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8_%282021%29", "word_count": 361, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9216", "title": "Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1991) (Пречистен текст)", "text": "Неофицијалниот пречистен текст на Уставнот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија ги опфаќа: Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991) и Уставниот закон за изменување и дополнување на Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 4/1992), во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена.\n1 Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија\nУставот на Република Македонија се применува од денот на прогласувањето од Собранирто на Република Македонија, ако за примената на одделни негови одредби со овој уставен закон не е поинаку определено.\nДржавната граница на Република Македонија е нејзината постојана граница со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција и Република Србија.\nРепублика Македонија како суверена и самостојна држава својата меѓународна положба и односите со другите држави и меѓународни органи, организации и заедници ги остварува согласно со општоприфатените начела на меѓународното право.Република Македонија како рамноправен правен наследник на СФРЈ со другите републики го презема членството на СФРЈ во меѓународните органи, организации и заедници.\nРепублика Македонија, како рамноправен правен наследник на СФРЈ со другите републики, врз основа на договор со другите републики на СФРЈ за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, презема права и обврски настанати од создавањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Доколку не се склучи договор со другите републики за правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи, правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи на Република Македонија со другите суверени држави од СФРЈ се утврдуваат согласно со општите правила на меѓународното право, како и согласно со Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на договорите од 1978 година и Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на државниот имот, архивата и долговите од 1982 година.\nПостојните сојузни прописи се преземаат како републички со надлежностите на органите утврдени со Уставот на Република Македонија.До постигнување на договор со суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го довери извршувањето на одделни прописи на сојузните органи.Ако органите од став 2 на овој член прописите не ги извршуваат во согласност со суверенитетот и интересите на Републука Македонија, нив ги извршуваат органите на Републиката.Сојузните прописи со кои се уредува организацијата и надлежноста на оганите на Федерацијата не се применуваат во Република Македонија.\nЗаконите што не се во согласност со одредбите на Уставот на Република Македонија ќе се усогласат во рок од една година од денот на прогласувањето на Уставот.\nНајдоцна во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот ќе се донесат:- Закон за Републичкиот судски совет;- Закон за судовите;- Закон за Јавното обвинителство;- Закон за народниот правобранител;- Закон за начинот на трансфомација на општествената сопственост;- Закон за државјанството на Република Македонија;- Закон за личната карта;- Закон за преминот на државната граница и движењето во граничниот појас;- Закон за движењето и престојот на странци;- Закон за патните исправи на државјаните на Република Македонија;- Закон за одбраната на Република Македонија;- Закон за локалната самоуправа, и- Закон за територијалната поделба на Република Македонија.\nЗаконот за грбот, знамето и химната на Република Македонија ќе се донесе во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот.До донесувањето на Законот од став 1 на овој член, се применуваат постојните симболи и химната утврдени во досегашниот Устав на Република Македонија.\nДржавјаните на другите републики во СФРЈ кои на денот на влегувањето во сила на овој уставен закон кои имале пријавено живеалиште на територијата на Република Македонија, а немаат државјанство на Република Македонија, ќе може да стекнат државјанство на Република Македонија во согласност со Законот за државјанството на Република Македонинја.\nСобранието на Република Македонија во постојаниот пратенички состав, претседателот на Република Македонија и Владата на Република Македонија продолжуваат да ги вршат фунциите со права и должности утврдени со Уставот до одржувањето на новите избори.Одредбата од член 82 од Уставот ќе се применува по одржувањето на новите избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран потпретседателот на претседателот на Република Македонија.Потпретседателот на претседателот на Република Македонија продолжува да ги врши функциите со права и должности утврдени со Амандманот LXXV на Уставот на Република Македонија, до одржувањето на нови избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран.Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, Законот за избор на претседателот на Република Македонија и Законот за политичките партии ќе се донесат најдоцна три месеци пред одтжувањето на новите изборите.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281991%29_%28%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%29", "word_count": 737, "cyrillic": 0.999}
{"id": "8961", "title": "Зошто ние Македонците сме одделна нација", "text": "Зошто ние Македонците сме одделна нација\nВо последниот број (31) на забранетиот, од страна на софиската воено-фашистичка диктатура, орган на македонската прогресивна емиграција „Македонско знаме“ беше поместена статијата под наслов „Што е нација“. Поради драконската цензура во статијата се дава општа поставка на прашањето и се говори за хрватската нација, без да се дава конкретно објаснување за македонкста нација. Тука ние ја доразвиваме таа статија, запирајќи се специјално на Македонија и одговараме на прашањето: Зошто ние Македонцие сме одделна нација?\nОдговорот на тоа прашање, пред се’, е од огромно политичко значење. Познато е дека како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот, Македонците се „најдобриот дел од бугарската нација\". Според вториот, Македонците се „чисти Срби\" а според третиот, Македонците се „словеногласни Елини\". Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува\" задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела Македонија.\nЗа да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српската и грчката империјалистичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска нација која се бори за своето национално ослободување и одделување на своја македонска држава. Се разбира, тоа не треба да го правиме само од политички причини. До колку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓутоа, таа е на лице и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите. На таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба.\nВо Македонија постојат сите елементи на една самостојна македонска нација, со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја.\n1. Територијата на Македонците е одделна од територијата на грчката, српската и бугарската нација. Таа има утврдени географски и етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистра и Егејско Море со пространство од 65 илјади кв. километри. Тоа што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на империјалистичките мировни договори. Раскинувањето на единствената македонска територија на делови и нивното приклучување кон териториите на бугарската, српската и грчката држава е насилно.\n2. Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат. Уште под власта на Турската империја Македонија тргна по патот на својот самостоен развиток подоцна, но независно од Србија, Бугарија и Грција. Ниту една од последниве немаше тесни економски врски и општи трговски патишта со Македонија, иако се наоѓаа заедно со неа, во рамките на една и иста држава - Турција. А со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија, овде се создадоа внатрешни трговски патишта и пазари со еден општ и главен центар - Солун, а не Белград, Софија или Атина.\nНасилното распарчување на стопанската целина на Македонија на три дела и нивното присоединување кон три туѓи економски единици - Србија, Бугарија и Грција - се одрази катастрофално врз стопанството на Македонија. Катастрофален пример за тоа претставува денешната положба на Солун, којшто, откако беше откинат од својата природна економска заднина источна и централна Македонија, сосема опадна, и од првостепено пристаниште на Егејско Море се претвори во жалосен спомен на богат неодамнешен трговски центар. Денеска веќе Солун се наоѓа на трето место во споредба со Атина и Пиреја. Истата судбина ја имаат доживеано и Битола, Охрид и сите други градови во централна и југозападна Македонија, кои, откинати од природниот солунски пазар, се принудени да се служат со за нив неприродниот трговски пат кон Белград. Во иста положба е и Македонија под бугарско ропство, стопанскиот просперитет на која е тесно поврзан со трговските патишта кон Серес, Драма, Кавала, Солун и Струмица, а не со Софија-Видин и Пловдив-Бургас.\n3. Јазикот на луѓето што ја сочинуваат македонската нација е словенски, со особен дијалект - македонски. Тој јазик е заеднички за нив. Различните провинцијални (т.е. дијалектни - б.р.) нијанси во македокскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална распокинатост на Македонија. Меѓутоа, провинцијализмот на овој јазик се покрива од еден општ македонски словенски дијалект по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиените нации а не кај македонската нација којашто е национално поробена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик.\nОсвен по дијалектот (т.е. по своите особености - б.р.). македонскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и содржи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните и на другите словенски нации.\nБугарските и српските великодржавни шовинисти ја користат блискоста на македонскиот јазик со јазиците на нивните нации за да тврдат дека Македонците се „дел од бугарската нација\" или „чисти Срби\". А ние Македонците не сме ниту едното, ниту другото. Ние не сме „тесто од кое сешто може да се измеси\", како што беше изјавил Цвииќ, еден од агентите-историчари на српската завојувачка политика. Ние сме одделна нација. Сличноста на нашиот јазик со бугарскиот и српскиот е обична сличност меѓу јазици на блиски, но самостојно развиени нации. Таква сличност на јазиците постои помеѓу Русите, Украинците и Белорусите како и помеѓу Хрватите, Црногорците и Србите, но наспроти тоа тие претставуваат одделни нации.\nВеликобугарските шовинисти особено спекулираат со фактот дека македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до српскиот и тоа им служи како аргумент во нивните тврдења дека Македонците се дел од бугарската нација. Аргументот им е крајно неоснован, зашто и Хрватите по јазик се многу поблиски до српската отколку чешката нација.\nПри тоа се знае дека не е само јазикот што ја определува нацијата. Дури и еднаков да биде јазикот на Македонците со овој на Бугарите тоа уште не значи дека ние Македонците сме „дел од бугарската нација\", кога живееме со поколенија на друга територија, претставуваме одделна стопанска целина, имаме своја историја, специфични нарави, обичаи и така натаму. Англичаните, Ирците и Американците од Соединетите Американски Држави на Северна Америка говорат на еден и ист јазик, но се одделни нации.\n4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочинуваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и македонската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни, ора и другите народни умотворби коишто повеќе или помалку се разликуваат од (оние на) српската, бугарската и другите словенски нации. Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни, што наспроти националното угнетување во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавуваат. По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се пројавуваат и сред емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Америка и секаде каде што има такви.\nСите тие елементи, земени заедно, ја составуваат македонската нација. Тие се непобитен доказ за тоа дека ние, Македонците, не им припаѓаме ниту на српската, ниту на бугарската, ниту на грчката нација, туку сме одделна нација.\n5. Нациите не се племиња. Како и другите нации, така и македонската нација не се создала од едно племе, туку од неколку различни племиња или, поточно, од делови на неколку различни племиња: Илири, Словени, Бугари, Срби и други. Основниот елемент е словенскиот. Старите Илири се претопија меѓу подоцна дојдените Словени во Македонија. Бугарскиот и српскиот елемент во македонската нација се резултат на тоа што уште пред турското ропство Македонија потпаѓаше ту под болјарска Бугарија, ту под жупанска Србија. Безначајниот бугарски и уште побезначајниот српски елемент во македонската нација е остаток од некогашните воени завојувачи, претежно од болјари и жупани, коишто со текот на времето исто така се претопија сред Македонските Словени.\nСпоред бугарските буржоаски историчари, бугарската нација потекнува уште од времето на цар Аспарух, откако бугарското татарско племе ги потчини Словените што го населуваа североисточниот дел на Балканскиот Полуостров, се претопи меѓу тие Словени, но им наложи да се нарекуваат Бугари, кога се создаде првото бугарско царство. Според овие историчари Македонските Словени исто и на ист начин се влеале во „единственото бугарско национално цело\" потчинети на бугарското племе.\nСе разбира, историски тоа не е точно. Во тоа време недостигнуваа условите за една бугарска нација поради што недостигнуваше и самата нација. Според тоа, не може да се мисли дека оттогаш Македонските Словени се дел од „една единствена бугарска национална целост“. Тогашната бугарска држава беше разделена на одделни болјарства, строго затворени во себе со мали подцарства, со свои граници и царинарници, без економско, културно и др. заедништво. Населенијата од тие болјарства влегуваа меѓу себе во допир само на бојното поле, во војните помеѓу различните болјарства или во војните со Византија и другите држави, а пак одделни болјари во Бугарија се обединуваа (не сите и не секогаш) околу најсилниот од нив - царот. Во такви услови не можеше да се оформи бугарската нација и уште помалку во неа да се вклучат Македонските Словени, зашто населенијата од различните болјарства во феудална Бугарија не беа обединети ниту во една заедничка територија, ниту во една стопанска целост, што претставуваше пречка за изградување на еден општ јазик и општ национален карактер на населенијата од различните болјарства.\nОсвен тоа, историски факт е дека Македонските Словени не секогаш беа потчинети под тогашна Бугарија и тогашна Србија. Државата на богомилскиот цар Самуил не беше втора бугарска држава како што сакаат да ја претстават бугарските буржоаски историчари, туку таа беше држава на Македонските Словени што постоеше паралелно со бугарското царство и српското кралство. Таа македонска словенска држава дури подоцна ги беше завладеала Бугарија и Србија.\nВеликобугарските шовинисти многу сакаат да зборуваат за „единствено бугарско племе\" идентификувајќи го со бугарската нација. Тие го кријат историскиот факт дека последната се создаде без оној мал дел Бугари што останаа во Македонија и без Македонските Словени. Бугарската нација се создаде во границите на денешната централна и северна Бугарија, источна Румелија и Добруџа. Главната причина за тоа лежи во стопанството. Како што веќе рековме, во Македонија капитализмот се појави и се разви подоцна независно од капитализмот во Бугарија без да има солидни економски врски меѓу тие две земји. Бугарското национално револуционерно движење, кое се бореше за ослободувањето на бугарскиот народ од ропството на апсолутистичката и беговска Турција, не ја вклучуваше Македонија како објект на својата револуционерна дејност. Тоа доволно покажува дека создавањето на бугарската нација и нејзиното разбудување за самостоен државен живот се изврши без Македонските Словени.\nТаква состојба имаме и со српската нација, која исто така се создаде без Македонските Словени и без оној безначаен дел на Срби што останаа во Македонија уште пред таа да падне под турско ропство.\nНо и грчките државни шовинисти, за да го оправдаат господството на грчкиот империјализам врз од него завладеаниот дел од Македонија бараат племенска врска меѓу грчката нација и Македонците. Тие препредени шовинисти ја фалсификуваат историјата прогласувајќи го племето на старите Македоно-Илири заедно со водачите на тоа племе - Македон, Филип Македонски и Александар Велики како составен дел од старите Грци. При тоа тие свесно премолчуваат таков еден настан каков што беше населувањето на Македонија со огромна маса Словени за кои им е сосема незгодно да тврдат дека се Грци.\n6. Македонската нација има своја историја на културно и политичко пројавување. Браќата Миладиновци се првите македонски просветители. Тие први ги посветија своите сили за разбудување самостојно национално чувство на македонскиот роб. Тие ги опеаја Охрид и Македонија како своја татковина на чисто македонскословенски дијалект. Тие не го учеа македонскиот народ ниту на српски, ниту на бугарски, туку го учеа на родниот македонски јазик. Иако, наспроти тоа, тие македонски просветители зборуваа за бугарштина во Македонија, тоа стануваше под влијание на старото минато кога Македонија со векови се наоѓаше под феудална Бугарија. Поради тоа и борбите за самостојни училишта и цркви против асимилаторската напаст на грчката патријаршија се водеа под формата на бугарштината. Во тоа време македонската нација уште беше во зародување, таа не беше се оформила и, што е најглавно, нејзините економски и политички интереси се’ уште не беа се судриле со завојувачките стремежи на подоцна создадената држава на бугарската нација. Денеска поимот бугарштина во Македонија, како и србизам и елинизам, е синоним на национално и економско ропство применувано врз македонските народни маси од поробувачите-империјалисти.\nПо браќата Миладиновци доаѓаат многу други народни учители и духовни будители како охридскиот епископ Теодосиј и групата околу весникот „Лоза“, под редакторство на Петар Арсов, кои еднакво се бореа против Грчката патријаршија, Бугарската егзархија и Српската патријаршија, за самостојни македонски училишта и цркви. Тие таканаречени македонски сепаратисти укажуваа на постоењето на одделна македонска нација и пледираа за самостоен државен живот на таа држава.\nОд истите средини произлезе Внатрешната македонска револуционерна организација. Петар Арсов влезе во првиот ЦК на таа Организација, а Ѓорче Петров, кој произлегува исто така од тие средини, стана идеолог на Организацијата. Тој уште на времето во духот на сепаратистичката идеја ја напиша книгата „Географијата на Македонија\".\nМеѓутоа, притисокот на великобугарската пропаганда - Егзархијата и врховистите - се покажа толку силен, што го задуши прашањето за самостојна нација и успеа да внесе во свеста на многу Македонци убедување дека се тие Бугари. Тоа беше спроведено со запирањето на в. „Лоза“, којшто излегуваше во Софија, со прогонувањето од Македонија на епископот Теодосиј и на народните учители коишто не се потчинија на Егзархијата, со забраната на книгата на Ѓорче Петров, која и денес се наоѓа во ракопис во архивата на бугарското воено министерство.\nНо наспроти тоа, македонскиот народ со долги и упорни борби за економско ослободување и самостоен државен живот си создаде своја историја. Тие борби во минатото се разгрнаа под раководството на старата Гоце Делчева ВМРО против ропството на турските султани и бегови, како и против аспирациите на балканските држави.\nМакедонскиот народ со сопствената крв во својата историја ја запиша првата македонска револуција - Илинденското востание, чијшто венец е првата македонска народно-револуционерна република во Крушево.\nОткако ВМРО беше врховизирана и претворена во машина на бугарскиот империјализам, ослободителната борба на македонскиот народ не запре туку се подзеде од следбениците централисти-сепаратисти, левицата на ВМРО, на чело со Горче Петров, Петар Арсов, Сандански, Димо X. Димов и Чернопеев. Денес во новите услови борбата на македонскиот народ против новите поробувачи - српскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам за национално, политичко и економско ослободување се води со уште поголема упорност и доследност под раководството на ВМРО (Обединета).\nЦелата таа македонска историја не е само пројава на македонската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална држава, туку таа, македонската историја, во исто време е елемент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер на македонската нација.\nСе разбира, освен македонската нација, во Македонија имаме и други инородни националности: Власи, Евреи, Турци, Грци, Албанци, Срби, Роми. Иако се наоѓаат на една територија со македонската нација, иако нивниот економски живот непосредно е поврзан со последната, тие националности не влегуваат во македонската нација бидејќи секоја од нив си има специфичен карактер.\nИнородните националности во Македонија активно учествуваат во македонското ослободително движење бидејќи и тие се заинтересирани за создавањето на независна македонска република на трудбениците, за да добијат национална рамноправност и економско ослободување, за да живеат во мир и заедно со македонската нација да го подигнат својот и општиот културен и економски живот на македонскиот работен народ.\nБистришки\n= На оригинален правопис =\nЦентрален комитет на Македонския Народен сѫюз юли. 1934 год,\nПредседател: Смиле Войданов\nСекретар: Гео Пирински\nЗащо ние македонцитe сме отделна нация?\nВ последния брои (31) на забранения от софийската военнофашистка диктатура орган на македонската прогресивна емиграция «Ма­кедонско Знаме» бе поместена статия под заглавие «Що е нация». Поради драконовската цен­зура, в статията се дава обща постановка на въпроса и се говори за хѫрватската нация, без да се дава конкретно обяснение на македонс­ката нация. Тук ние доразвиваме тази статия като се спираме специално на Македония и от­говаряме на вѫпроса — защо ние македонците сме отделна нация?\nОтговора на този вѫпрос преди всичко е от огромно политическо значение. Известно е, че както бѫлгарския, така и срѫбския и грѫц­кия империализми отричат сѫществуването на македонска нация. Според пѫрвия, македонци­те са «найдобрата част от бѫлгарската нация». Според другия, македонците са «чисти сѫрби». Според третия—македонците са «славяногласни елини». Така всеки от тия наши поробители «оправдава» задѫржането под свое иго на сѫответната поробена част от нашата родина, оп­равдава претенциите, за завладяване, на цела Македония.\nЗа да разобличим тези маневри па поро­бителите и покажем че те немат никакво право над Македония, за да попречим на техната асимилаторска политика и за да водим последователна борба за извоюване правото на са­моопределение на македонския народ до него­вото отделяне от бѫлгарската, срѫбската и грѫцка империалистически държави и обединим в самостоятелна независима република на трудеция се македонски народ, ние македонците требва високо да заявим че не сме нито сѫрби, нито гѫрци, нито пѫк бѫлгари, а сме отделна македонска нация, която се бори за своето национално освобождение и отделяне в своя македонска дѫржава. Но не само от политически сѫображения требва да направим това. Ако македонската нация не би сѫществувала, не бихме могли да говорим за такава. 0баче, тя е на лице и нейното сѫществуване требва да се посочи на всички, защото това ще улесни до голема степен нашата националноосвободителна борба.\nВ Македония са на лице всички елементи, на една самостоятелна македонска нация с своя територия и икономическа целост, с свои език и общ национален характер, и с своя македон­ска история.\n1. Територията на македонците е отделна от територията на грѫцката, срѫбската и бѫлгарската нации. Тя има своите установени географически и етнографически граници между реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрин, планината Грамос, реката Бистрица и Егейско море, с едно пространство от 65 хиляди кв. километри. Ако днес Македония е разпокъсана — това е резултат на империа­листическите «мирни» договори. Разпокѫсва­нето на единната македонска територия на час­ти и приключването на тези части към терито­риите на бѫлгарската, срѫбската и грѫъцка дър­жави стана насилствено.\n2. Економически Македония представлява едно цело, отделно от дѫржавите, които я владеят. Още под владичетвото на турската империя Македония трѫгна към своето развитие самостоятелно, по кѫсно, по независимо от Сѫрбия, Бѫлгария и Гѫрция. Нито една от тези последните немаше здрави економически връзки и общи търговски пѫтища с Македо­ния, макар че те се намираха заедно с нея в пределите на една и сѫща дѫржава — Турция. А след като вѫзникна капиталистическото сто­панство и в Македония, там се сѫъздадоха вѫт­решните тѫрговски пѫтища и пазари на само­стоятелна нога, с един общ и главен център — Солун, а не Белград, София или Атина.\nНасилственото разпокѫсване економическото цело на Македония на три части и присѫединението на тези части към три чужди економически единици — Сѫрбия, Бѫлгария и Гѫрция — се отрази катастрофално на стопан­ството в Македония. Крещящ пример за това служи днешното положение на Солун, който, след като биде лишен от естествения му економически хиндерланд — източна и централна Македония, съвсем западна, и от първостепенно пристанище на Бeлото море се превѫрна в един печален спомен за богат неотдавнашен тѫрговски център: днес Солун стои вече на трето место в сравнение с Атина и Пирея. Сѫ­щата участ постигна и Битоля, Охрид и всички други градове в централна и югозапанда Ма­кедония, които, откѫснати от естественото со­лунско дебуше, са принудени да си служат с неестествения за тях тѫрговски пѫът кѫм Бел­град. Сѫщото е и за Македония под бѫлгар­ско иго, чието економическо преуспеване е тесно свѫрзано с тѫрговските пѫтища кѫм Серес, Драма, Кавала, Солун и Струмица, а не с София — Видин и Пловдив Бургаз.\n3. Езика на хората, сѫставляващи македон­ската нация, е славянски, с особен диалект — македонски. Този език е общ за тех. Различ­ните провинциални отенѫци в македонския език са неизживено следствие от некогашиата родова и феодална разпокѫсаност на Македо­ния. Но провинциализма на тоя език се покри­ва от един общ македонославянски диалект, по които всеки би различил македонеца от сѫр­бина, бѫлгарина, русняка и от всеки човек от коя и да е друга славянска нация. Провинционалните отенѫци в езика не са още ликвидирани, дори и у найразвитите нации, а камо ли у македонската нация, която е национално поробена, не е организирана в своя национална дѫржава и не си е още изработила свой литературен език.\nОсвен по диалекта, македонския език се различава от срѫбския и бѫлгарския още и по това, че в него старославянския елемент е мно­го позапазен и сѫдѫржа множество думи, кои­то липсват в езиците на сѫседните и други славянски нации.\nБѫлгарските и срѫбски великодѫржавни шовинисти използуват близоста на македонс­кия език с езиците на техните нации, за да твѫр­дят, че македонците са «част от бѫлгарската нация» или «чисти сѫрби». А ние, македонците, не сме нито едното нито другото. Ние не сме и «тесто, от което може всичко да се измеси», както беше заявил Цвиич, един от агентитеисторици на срѫбската завоевателна политика. Ние сме отделна нация. Сходството на нашия език с бѫлгарския и срѫбския е обикновено / сходство между езици на близки, но самостоятелно разпили се нации. Такѫво сходство на езиците имаме между русите, украинците и белорусите, както и между хѫрватите, черногор­ците и сѫърбите, но въпреки туй те представля­ват отделни нации.\nВеликосрѫбските шовинисти особено спекулират с факта, че македонския език е поблизо до бѫългарския, отколкото кѫм срѫбския, и това им служи като аргумент в техните твѫрдения, че македонците са част от бѫлгар­ската нация. Аргумента им е крайно неоснователен защото и хѫърватите по език сѫ много ноблизки до срѫбската отколкото кѫм чехската нация.\nПри това знае се, че не е само езика, кой­то определя нацията. Дори еднакѫв да бѫде езика на македонците с този па бѫлгарите, това не може да означава, че ние, македонците, сме «част от бѫлгарската нация», щом живеем редица поколения в друга територия, представляваме отделно економическо цело, щом имаме своя история и специфични нрави, обичаи и пр. Англичаните, ирландците и американците от Сѫединените щати на северна Америка говорят на един и сѫщ език, но са отделни нации.\n4. Националния характер е четвѫртия по ред общ белег за хората, сѫставляващи отдел­на нация, в това число и македонската нация. Еднакви са техните нрави, обичаи, игри, песни хора и другите народни умотворения, които повече или помалко се отличават от срѫбска­та, бѫлгарската и другите славянски нации. Еле­ментите на самостойния национален характер на македонците са толкова силни, че вѫпреки националния гнет в Македония, те никога не престанаха да се проявяват. По вечеринки, свадби, именници и пр. те постоянно се проявяват и всред емигрантскобежанските маси в Бѫълга­рия, Америка и другаде, гдето има такива.\n<друг цитат>Всички тези елементи, взети заедно, дават македонската нация. Те са неопровержимо Доказателство за това, че ние, македонците, не принадлежим нито към сръбската, нито към българската, нито към гръцката нация, а сме отделна нация.\n5. Нациите не са племена. Както другите нации, така и македонската нация не се е сложила от едно племе, а от няколко различни племена или, по право, от известни части на няколко различни племена: илирийци, славяни, българи, сърби и други. Основният елемент е славянският. Древните илирийци се претопиха между дошлите покъсно славяни в Македония. Българският и сръбският елемент в македонската нация се дължи на това, че още преди турското иго Македония попадаше ту на болярска България, ту на жупанска Сърбия. Незначителният български и още понезначителният сръбски елемент в македонската нация се състои от някогашните военни завоеватели, предимно от боляри и жупани, които в течение на времето също се претопиха всред македонските славяни.\nСпоред българските буржоазни историци, българската нация си води началото още от хан Аспаруховото време, след като българското татарско племе подчини славяните, населяващи североизточната част на Балканския полуостров, като това племе се претопи всред тия славяни, но им наложи да се наричат българи, когато се създаде първото българско царство. Според тези историци македонските славяни също и по този начин се вляха в „единното българско национално цяло”, подчинени на българското племе. Разбира се, исторически това не е вярно. През това време липсваха условията за една българска нация, поради което липсваше и самата нация. Следователно, не може да се мисли, че оттогава македонските славяни са част от „едно единно българско цяло”.\nТогавашната българска държава беше разделена на отделни болярства, строго затворени в себе си малки подцарства, със свои граници и митници, без икономическа, културна и пр. общност. Населенията от тия болярства влизаха в съприкосновение помежду само на полесраженията, при войните между различните болярства или при войните с Византия и другите държави, когато отделни боляри в България се сплотяваха (не всички и не винаги) около найсилния от тях царя. При тия условия не можеше да се оформи българската нация и още помалко да се включват в нея македонски славяни. Защото населението от различните болярства във феодална България не бяха обединени нито в една обща територия, нито в едно икономическо цяло, което пък се явяваше пречка за изработване на един общ език и общ национален характер на населенията от различните болярства.\nПри това исторически факт е, че македонските славяни не всякога бяха подчинени на тогавашна България и тогавашна Сърбия. </друг цитат>Дѫржавата на богомилеца цар Самуил не беше втора бѫлгарска дѫржава, както искат да е представят бѫлгарските буржоазни историци, а тя беше дѫржава на македонските славяни, сѫществуващи наред с бѫлгарското царство и срѫбското кралство. Тази македонска славянска дѫржава покъсно беше дори завладела Бѫлгария и Сѫрбия.\nВелико бѫлгарските шовинистимного оби­чат да приказват за «единно бѫлгарско племе», отождествявайки го с бѫлгарската нация. Те крият историческия факт, че последната се сѫздаде без онази малка част бѫлгари, които ос­танаха в Македония, и без македонските слав­яни. Бѫлгарската нация се сѫздаде в предели­те на днешната централна и северна Бѫлгария, източна Румелия и Добруджа. Главната причи­на за това лежи в економиката. Както вече ка­захме, в Македония капитализма възникна и се разви покъсно независимо от капитализма в Бѫлгария, без да има солидни економически врѫзки между тия две страни. Бѫлгарското националреволюционно движение, което се бо­реше за освобождението на бѫлгарския народ от игото на абсолютнна и бейска Турция, не включваше Македония в обекта на своята революционна дейност. Това достатъчно показва че създаването на бѫългарската нация и нейно­то пробуждане за самостоятелен дѫржавен живот се извърши без македонските славяни.\nТакова положение имаме и с срѫъбската нация, която също така се сѫздаде без македонските славяни и без оная незначителна част сѫърби, останали в Македония още преди тя дя попадне под турско иго.\nНо и грѫцките дѫржавни шовинисти, за да оправдаят господството на грѫцкия империализъм на завладената от него част от Ма­кедония, тѫрсят племенна врѫзка между грѫц­ката нация и македонците. Тези истѫнчени шо­винисти фалшифицират историята, таксувайки племето на древните македоноилирийци, заедно с вождовете на това племе — Македон, Филип Македонски и Александър Велики, като сѫставна част от древните гѫрци. При това те сѫзнателно замѫлчават такъво едно сѫбитие като заселването на Македония с огромна маса славяни, за които им е сѫвсем неловко да твѫрдят, че са гѫрци.\n6. Македонската нация има своя история на културно и политическо проявление. Братя Миладинови са пѫрвите македонски просветители. Те пѫрви посветиха силите си за пробуж­дане самостойно национално чувство на маке­донския роб. Те вѫзпяха Охрид и Македония като свое отечество на чисто македонославянски диалект. Те не учеха македонския народ нито на срѫбски, нито на бѫлгарски, а го учи­ха на родния македонски език.\nАко вѫпреки това тези македонски просветители говореха за бѫлгарщина в Македония, това ставаше под влиянието на старото минало когато Македония цели векове се намираше под феодална Бѫлгария. Поради което на борбите за самостойни училища и черкви, против, асимилаторската напаст на грѫцката патриаршия се водеше под формата на бѫлгарщината.\nПо онова бреме македонската нация бе още в зародиша си, тя не се беше оформила и най главното, нейните економически и политически интереси не се беха още сблѫскали с завоевателните стремежи на сѫздалата се покѫсно дѫржава на бѫлгарската нация. Днес понятието бѫлгарщина в Македония, както и срѫбщина и елищина е синоним на национално и економическо робство над македонските народни маси, упражнявано от поробителите империалисти.\nПодир братя Миладинови идат редица други народни учители и духовни будители, като охридския епископ Теодосии, групата окол в. «Лоза», с редактор Петѫр Арсов, които еднакво се бореха против грѫцката патриаршия, бѫлгарската екзархия и срѫбската патриаршия, за самостойни македонски училища и черкви. Тези тѫй наречени македонски сепаратисти доказваха на сѫществуването на отделна македонска нация и пледираха за самостоятелен дѫржавен живот за тази дѫржава.\nОт сѫщите среди се сѫздаде вѫтрешната македонска революционна организация. Петѫр Арсов влиза в пѫрвия Ц. К. на тази организация, а Гйорче Петров изхождащ сѫщо от тези среди, стана идеолог на организацията.\nТой навремето още написа книгата «Географията на Македония» в духа на сепаративната идея.\nНатиска на великобѫлгарската пропаганда, обаче, екзархията и вѫрховистите се указа толкопа силен, че задуши вѫпроса за самостоятелна нация и успе да втѫлпи в сѫзнанието на много македонци убеждението, че те са бѫлгари. Това бе сѫпроводено с спирането на в. «Лоза», излизащ в София, с изгонването от Македония на епископ Теодоси и на народните учители, които не се подчиняваха на екзархията, с недопущане книгата на Гйорче Петров, която се намира и днес като рѫкопис в архивата на бѫлгарското военно министерство.\nNо вѫпреки това македонския народ си сѫздаде с дѫлги и упорити борби за економическо освобождение и самостоятелен дѫржавен живот своя история. Тези борби в миналото се разгѫрнаха под водителството на старата Гоце Делчева В.М.Р.О, против игото на турските султани и бейове, както и срещу домогванията на балканските дѫржави.\nМакеденския народ с крѫвта си записа в своята история пѫрвата македонска революция Илинденското вѫзстание, чийто венец е пѫрвата македонска народнореволгоционна република в Крушево.\nСлед като ВМРО биде овѫрховизирана и превѫрната в машина на бѫлгарския империализам освободителната борба на македонския народ не спре а се поде от последователите централистисепаратисти левицата на ВМРО начело с Гйорче Петров, Петѫр Арсов, Сандански, Димо Х. Димов и Чернопеев.\nПри новите условия днес, борбата на македонския народ против новите поробители — срѫбския, бѫлгарския грѫцкия интнернализам, за на­ционално, политическо и економическо осво­бождение се води с още поголема упоритост и последователност под рѫководството на ВМРО (обединена).\nЦелата тази македонска история не е са­мо проявление на македонската нация, не е са­мо нейн стремеж кѫм своя национална дѫржава, но тя, македонската история е сѫщевременно елемент, който дооформява и доопределя самостойния характер на македонска­та нация.\nРазбира се, освен македонската нация, в Македония имаме и други инородни националности: власи, евреи, турци, гѫрци, албан­ци, сѫрби, цигани. Макар да се намират в една територия с македонската нация и макар, че икономическия им живот е непосредствено свѫрзан с последната, тези националности не влизат в македонската нация, понеже всека от тех си има специфичен характер.\nИнородинте националности в Македония взимат активно участие в македонското освoбодително движение, защото и те са заинресувани в създаването на независима македонска република на трудящите се, за да получат национално равноправие и економическо освобождение, за да живеят в мир и повдигнат заедно с македонската нация своя и общия на македонския трудят се народ културен н економически живот.\nБистрешшки\nИзвор:\n** Бистришки Публ. в Резолюция на четвъртия конгрес на Македонския Народен Съюз, с. 42-55. ЦДА, КМф - 36 780/18. Ксерокопие. Печатно.\n* В. Ивановски, Зашто ние македонците сме одделна нациjа, Скопjе, 1995.\nen:Translation:Why we Macedonians are a separate nation\nbg:Защо ние македонците сме отделна нация", "subject": ["Историја на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%BC%D0%B5_%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 5113, "cyrillic": 0.998}
{"id": "9224", "title": "Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1974)", "text": "1 Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија\n1.1 I. Примена на Уставот на Социјалистичка Република Македонија\nУставот на Социјалистичка Република се применува од денот кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, ако во поглед на примената на одделни негови одредби со овој закон не е поинаку определено.\nОдредбите на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на составот, организацијата и правата и должностите на Собранието на Социјалистичка Република Македонија се применуваат од денот на првиот состанок на новоизбраното Собрание.\nОдредбите на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на изборот и разрешувањето на членовите на другите органи на Републиката, како и одредбите што се однесуваат на именувањето и разрешувањето на фунционерите што раководат со републичките органи на управата и републичките организации, се применуваат од денот на првиот состанок на новоизбраното Собрание.\nОдредбите на Законот за Извршниот совет, за овластувањата на Извршниот совет и за неговите односи со Собранието на Социјалистичка Република Македонија се применуваат во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија.\nОдредбите на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на неотуѓивите права на работниците и на самоуправувањето во организациите на здружениот труд, се применуваат со денот на прогласувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија. Со тој ден престануваат да важат одредбите на законите што се во спротивност со наведените одредби на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.\nЗаконите и другите републички прописи, ако според овој закон не престануваат да важат, остануваат во сила, а нивните одредби што не се во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, мораат да се усогласаат со него во рокот определен со овој закон.\n1.2 II. Органи на Републиката\nПрвиот состанок на новоизбраното Собрание на Социјалистичка Република Македонија ќе се одржи до 6 мај 1974 година.\nНовоизбраното Собрание го свикува претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.\nИзборот на претседател и на членови на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија ќе се изврши до 10 мај 1974 година.\nДо изборот на претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија, Социјалистичка Република Македонија ја претставува, во името на Собранието, претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и тој ги прогласува законите со указ.\nИзборот на претседател и на членови на Извршниот совет ќе се изврши до 10 мај 1974 година.\nДо изборот на Извршниот совет, Извршниот совет во сегашниот состав ја продолжува работата во рамките на правата и должностите што ги има според постојните прописи.\nДо денот определен со Законот за редовните судови, Врхомниот суд на Македонија и другите постојни судови во Социјалистичка Република Македонија продолжуваат со работа во рамките на своите надлежности утврдени со постојните прописи.\nДо денот определен со Законот за јавното обвинителство, сегашниот републички јавен обвинител ќе ги врши функциите на јавнот обвинител на Македонија во рамките на правата и должностите што ги има според постојните прописи.\nРепубличките органи на управата и републичките организации продолжуваат со работа во рамките на своите надлежности утврдени со постојните прописи.\n1.3 III. Усогласување на републичките прописи со Уставот на Социјалистичка Република Македонија\nСобранието на Социјалистичка Република Македонија ќе ги донесе, најдоцна во рок од 30 дена од денот на прогласувањето на овој закон, следниве закони:\n1. Закон за составот, изборот и отповикувањето на членовите на делегациите на самоуправните организации и заедници;\n2. Закон за избор на делегати на собранијата на општините;\n3. Закон за избор на делегати на Собранието на Социјалистичка Република Македонија;\n4. Закон за избор на делегацијата на Социјалистичка Република Македонија во Соборот на републиките и покраините на Собранието на СФРЈ;\n5. Закон за избор на членови на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија;\n6. Закон за избор на член на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија.\nДо 30 април 1974 година Собранието на Социјалистичка Република Македонија ќе донесе Закон за стварната надлежност на редовните судови.\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон, престануваат да важат следните закони:\n1. Законот за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1969);\n2. Законот избор на одборници на општинските собранија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1969);\n3. Законот за изборните единици за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 5/1969).\nДо 31 декември 1975 година мораат да се усогласат со Уставот на Социјалистичка Република Македонија законите што не се во согласност со него.\nПостапката за оценување на уставноста на одредбите на законите од став 1 на овој член може да се покрене и пред истекот на рокот од тој став.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281974%29", "word_count": 751, "cyrillic": 0.996}
{"id": "9240", "title": "Небиднина/ Петта молитва на моето тело", "text": ":Зар ќе го изодиш ова тело, овие шеметни височини\n:ветре на тишината, пеперуго на сонот недоболина.\n:Каде потаму во мене? Застани, неуморо, почини\n:на овој камен каракамен, на оваа голина.\n:Зар ќе испливаш од ова тело, од овој темен вител\n:танчарко на сите подземни, сите нескротени води.\n:Ти си само овде како прастар жител\n:и играш врз ова тело гневно што те роди.\n:Заробени сме сега во игра, во круг,\n:и носени од тмурна и нестварна плима\n:цел живот патуваме од еден до друг\n:и секој го крие она што го има.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 95, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7182", "title": "Захарија (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Повик за враќање кон ГОСПОД.\n<sup>1</sup>Во осмиот месец од втората година на Дарие, дојде збор од ГОСПОД до пророкот Зехарија, син на Берекија, син на Иддо:\n<sup>2</sup><Лут беше ГОСПОД на вашите предци, лут,\n<sup>3</sup>Затоа, кажи им: Вака вели ГОСПОД Семоќен: >Вретете се кај Мене,' - вели ГОСПОД Семоќен - >и Јас ќе се вратам кај вас!' - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>4</sup>Не бидете како вашите предци, на кои поранешните пророци им објавуваа велејќи: Вака вели ГОСПОД Семоќен: >Откажете се сега од вашите лоши патишта и вашите лоши навики!' >Но ниту слушаа, ниту Ми обрнуваа внимание.' - вели ГОСПОД.\n<sup>5</sup>Вашите предци, каде се сега? Пророците вечно ли живеат?\n<sup>6</sup>Моите зборови и наредби што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, не ги достасаа ли предците ваши? Тогаш се покајаа и рекоа: >Токму како што одредил ГОСПОД Семоќен да прави со нас, според патиштата наши и навиките наши, така и ни направи.'“\n2 Човекот меѓу миртовите дрвја.\n<sup>7</sup>На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец, а тоа е месецот шеват, во втората година на Дарие, дојде збор од ГОСПОД, за пророкот Зехарија, син на Берекија, син на Иддо:\n<sup>8</sup>Имав видение ноќеска: „И види човек јава на црвен коњ и стои меѓу миртовите дрвја, во клисурата, а зад него коњи црвени, сиви и бели.\n<sup>9</sup>Јас прашав: >Што се овие, господине мој?' Ангелот што зборуваше со мене ми одговори: >Ќе ти покажам што се овие.'\n<sup>10</sup>Тогаш човекот кој стоеше меѓу миртовите дрвја објасни и рече: >Овие ги испрати ГОСПОД, да шетаат по земјата.'\n<sup>11</sup>Па го известија ангелот ГОСПОДОВ што стоеше меѓу миртовите дрвја и рекоа: >Ја прошетавме земјата и ете, целиот свет е во спокојство и мир.'\n<sup>12</sup>Тогаш одговори ангелот ГОСПОДОВ и рече: >ГОСПОДИ Семоќен, до кога ќе немаш милост за Ерусалим и градовите на Јуда, на кои си им лут еве веќе седумдесет години?'\n<sup>13</sup>Му проговори ГОСПОД на ангелот, оној што зборуваше со мене, со зборови љубезни, зборови утешни.\n<sup>14</sup>Тогаш ангелот кој зборуваше со мене ми рече: Разгласи и кажи: Вака вели ГОСПОД Семоќен: >Многу сум љубоморен заради Ерусалим и заради Сион.\n<sup>15</sup>Силно, силно сум им лут на народите, кои се сметаат за безбедни. Јас бев малку лут, но тие додадоа на несреќата!'\n<sup>16</sup>Затоа, вака вели ГОСПОД: >Ќе се вратам во Ерусалим со милост и домот Мој повторно ќе биде изграден во него,' - вели ГОСПОД Семоќен - >а околу Ерусалим ќе биде оптегнато мерно јаже.'\n<sup>17</sup>Потоа разгласи го ова што го вели ГОСПОД Семоќен: >Моите градови повторно ќе се преполнат со напредок, и ќе го утеши ГОСПОД повторно Сион, ќе го одбере повторно Ерусалим.'“\n3 Четирите рогови и четирите занаетчии.\n<sup>18</sup>Тогаш ги кренав очите и видов: И види - четири рога.\n<sup>19</sup>Го прашав ангелот што ми зборуваше: „Што се овие?“, а тој ми одговори: „Овие се роговите што ги парчосаа Јуда, Израел и Ерусалим.“\n<sup>20</sup>Тогаш ми покажа ГОСПОД четири занаетчии.\n<sup>21</sup>И прашав: „Зошто доаѓаат овие, што ќе прават?“ Ми одговори: „Ова се роговите што го парчосаа Јуда, така што никој не може глава да крене. Но занаетчиите дојдоа да ги уплашат, да ги скршат роговите на народите, на оние кои кренаа рог против земјата на Јуда, за да ја парчосаат.“\n= Глава 2 =\n4 Човекот со мерно јаже.\n<sup>1</sup>Тогаш ги кренав очите, погледнав и види човек, а во неговата рака мерно јаже.\n<sup>2</sup>Го прашав: „Каде одиш?“, а тој ми одговори: „Да го измерам Ерусалим, да видам колку е ширината и колку е должината негова.“\n<sup>3</sup>Тогаш ангелот што ми зборуваше си замина и друг ангел му дојде во пресрет.\n<sup>4</sup>И му рече: „Трчај, кажи му на ова младо момче вака: >Град без ѕидини ќе биде Ерусалим, заради многуте луѓе и стока во него.\n<sup>5</sup>И Јас, Јас ќе бидам ѕид од оган околу него.' - вели ГОСПОД - >Јас ќе бидам среде него за слава.'“\n<sup>6</sup><Дојдете, дојдете, побегнете од земјата северна,“ - вели ГОСПОД - „оти кон четирите небесни ветрови ве распрснав!“ - вели ГОСПОД.\n<sup>7</sup><Дојди Сионе, побегни ти што живееше кај ќерката Вавилонска!“\n<sup>8</sup>Зашто вака вели ГОСПОД Семоќен: „Откако ми даде слава, Тој ме испрати против народите кои ве ограбуваа, затоа што оној кој ве допира, ја допира зеницата на Неговото око.\n<sup>9</sup>Сигурно, гледајте, ја кревам раката моја против нив, за да станат плен за нивните робови. Тогаш ќе знаете дека ГОСПОД Семоќен ме прати.“\n<sup>10</sup><Викни и радувај се ќерко Сионова! Оти гледај, Јас доаѓам и ќе пребивам среде тебе.“ - вели ГОСПОД.\n<sup>11</sup>Во тој ден ќе Му се придружат многу народи на ГОСПОД, и ќе станат Мој народ, а Јас ќе живеам среде вас и ти ќе знаеш дека ГОСПОД Семоќен Ме испрати кај вас.\n<sup>12</sup>И ќе ја наследи ГОСПОД Јуда, делот Негов во светата земја, и повторно ќе го одбере Ерусалим.\n<sup>13</sup>Молчи сет човечки роде пред ГОСПОД, оти Тој стана од Своето свето живеалиште!\n= Глава 3 =\n5 Чисти облеки за првосвештеникот.\n<sup>1</sup>Тогаш ми го покажа Јошуа, првосвештеникот, како стои пред еден ангел ГОСПОДОВ, и Сатаната, како стои од неговата десна страна, за да го обвинува.\n<sup>2</sup>И Му рече ГОСПОД на Сатаната: „ГОСПОД те обвинува, Сатано! Ете, ГОСПОД те обвинува, Оној што го избра Ерусалим. Не е ли овој човек гламја истргната од оган?“\n<sup>3</sup>А Јошуа беше облечен во нечисти облеки, додека стоеше пред ангелот.\n<sup>4</sup>Тогаш ангелот проговори и им рече на оние што стоеја пред него: „Соблечете ги нечистите облеки од него!“ Па му рече: „Гледај, го симнав од тебе твојот грев и ти облеков богати наметки.“\n<sup>5</sup>Тогаш реков: „Ставете чист турбан на неговата глава!“ Па го ставија чистиот турбан на неговата глава, и му облекоа облеки, додека ангелот ГОСПОДОВ стоеше до него.\n<sup>6</sup>Тогаш ангелот ГОСПОДОВ му даде задолжение на Јошуа, да каже:\n<sup>7</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Ако тргнеш по Моите патишта и ако ги запазуваш Моите закони, тогаш ќе управуваш со Мојот дом и ќе заповедаш во Моите дворови, и ќе ти дадам место меѓу овие што стојат овде.\n<sup>8</sup>Слушај сега, првосвештенику Јошуа, ти и твоите приврзаници кои седат пред тебе, кои се луѓе на знаци. Гледај, ти носам Мој Слуга, Гранка.\n<sup>9</sup>Ете, гледај го овој камен што го поставив пред Јошуа, на еден камен - седум очи. Гледај, Јас врежувам натпис на него,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и ќе го отстранам гревот на оваа земја во еден ден.\n<sup>10</sup>Во тој ден,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе го поканите секој соседот свој под својата лоза и под својата смоква.“\n= Глава 4 =\n6 Златниот свеќник и двете маслинови дрвја.\n<sup>1</sup>Тогаш се врати ангелот кој зборуваше со мене и ме разбуди како човек што се буди од спиење.\n<sup>2</sup>Ме праша: „Што гледаш?“ Јас одговорив: „Гледам... и ете свеќник, целиот од злато, со сад на врвот, седум ламби на него и седум цевчиња од врвот кон ламбите.\n<sup>3</sup>Две маслинови дрвја покрај него, едно од десната страна на садот и едно од левата.“\n<sup>4</sup>Јас прашав и му реков на ангелот кој зборуваше со мене: „Што се овие, господине мој?“\n<sup>5</sup>Ангелот кој зборуваше со мене ми одговори и ми рече: „Не ли знаеш што се овие?“, а јас одговорив: „Не, господине мој!“\n<sup>6</sup>Тогаш тој ми одговори и ми рече да го кажам овој збор од ГОСПОД за Зерувавел: „Не преку моќ, ниту преку сила, туку преку Мојот Дух!“, вели ГОСПОД Саваот.\n<sup>7</sup>Што си ти моќна планино? Пред Зерувавел си како рамница! Тогаш тој ќе го изнесе кровниот камен, со извици: „Благослов, благослов за неа!“\n<sup>8</sup>Тогаш дојде до мене збор од ГОСПОД:\n<sup>9</sup><Рацете на Зерувавел го поставија темелот на овој храм, рацете негови и ќе го довршат. Тогаш ќе знаеш дека ГОСПОД Семоќен ме прати кај тебе.\n<sup>10</sup>Кој го презира денот на малите нешта? Ќе се зарадуваат кога ќе го видат тенкиот висок во рацете на Зерувавел. Овие седум очи, се очите ГОСПОДОВИ, оние кои досегаат преку целата земја.“\n<sup>11</sup>Тогаш прашав и му реков: „Што се овие две маслинови дрвја, од десно на свеќникот и од лево?“\n<sup>12</sup>И пак прашав и му реков: „Што претставуваат двете маслинови гранки, од двете страни на златните цевки, кои го излеваат врз него златото?“\n<sup>13</sup>А тој ми одговори: „Не знаеш ли кои се овие?“ Реков: „Не, господине мој!“\n<sup>14</sup>Па рече: „Тие се двата сина Помазаника, оние кои му служат на Оној Кој е Господ на целиот свет.“\n= Глава 5 =\n7 Свиток што лета.\n<sup>1</sup>Ги кренав повторно очите, погледнав и види - свиток како лета.\n<sup>2</sup>Тој ме праша: „Што гледаш?“, а јас му одговорив: „Гледам свиток како лета. Должината му е дваесет кубити, а ширината десет кубити.“\n<sup>3</sup>Па ми рече: „Ова е проклетството што се простира над целата земја, за секој што краде да биде истребен, како што пишува на едната страна, и секој што лажно се колне да биде истребен, како што пишува на другата страна.“\n<sup>4</sup><Јас ќе го испратам.“ - вели ГОСПОД Семоќен - „Ќе влезе во домот на крадецот, и во домот на оној кој се колне лажно со Моето име и ќе остане внатре, во домот негов. Ќе го уништи и него и гредите негови и камењата негови.“\n8 Жената во ефа.\n<sup>5</sup>Тогаш истапи напред ангелот кој ми зборуваше и ми рече: „Крени ги сега очите и гледај! Што е она што се појавува?“\n<sup>6</sup>А Јас прашав: „Што е?“ Тој ми одговори: „Ова што се појавува е една ефа.“ - па додаде: „Таа покажува какви се луѓето по целата земја.“\n<sup>7</sup>Тогаш, види, оловната покривка се крена и една жена седи во ефата.\n<sup>8</sup>Тој рече: „Ова е злото.“ и ја турна внатре во ефата. Го заклопи и оловниот капак преку нејзината уста.\n<sup>9</sup>Тогаш ги кренав очите и погледнав, и ете, две жени се појавуваат со ветер во нивните крилја. А крилјата им беа како крилја на штрк. Ја кренаа ефата меѓу земјата и небото.\n<sup>10</sup>Го прашав ангелот кој ми зборуваше: „Каде ја носат ефата?“\n<sup>11</sup>Тој ми одговори: „Да изградат за неа дом во земјата Шинар. Кога ќе биде готов, ќе биде поставена таму, на нејзиното место.“\n= Глава 6 =\n9 Четирите коли.\n<sup>1</sup>Ги кренав повторно очите, погледнав, и види, четири коли како доаѓаат од меѓу две планини. А планините, планини од бронза.\n<sup>2</sup>На првата кола спрегнати коњи црвени, на втората кола - коњи црни,\n<sup>3</sup>на третата кола - коњи бели, а на четвртата кола - коњи шарени, моќни.\n<sup>4</sup>Прашав и му реков на ангелот кој зборуваше со мене: „Што се овие, господаре мој?“\n<sup>5</sup>Ми одговори ангелот и ми рече: „Тоа се четирите ветрови небесни, кои излегуваат од местото каде што беа пред Господ на целиот свет.\n<sup>6</sup>Онаа таму, со коњи црни оди кон северната земја. А белите одат кон запад, шарените одат кон јужната земја.\n<sup>7</sup>Кога моќните излегоа, тргнаа да одат вдолж и попреку земјата. И тој рече: >Одете, одете вдолж и попреку земјата!' па тие заминаа кон земјата.“\n<sup>8</sup>Тогаш ме повика и ми рече: „Гледај, оние што одат кон северната земја му дадоа мир на Мојот Дух во северната земја.“\n<sup>9</sup>И дојде збор од ГОСПОД за мене:\n<sup>10</sup><Земи од прогонетите: од Хелдај, од Товија и од Једаија, кои пристигнаа од Вавилон, и оди истиот тој ден во домот на Јосија, синот на Сефанија.\n<sup>11</sup>Земи сребро и злато, направи круни, па стави ги на главата на Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак.\n<sup>12</sup>Потоа кажи му: вака вели ГОСПОД Семоќен: >Овде е човекот чие име е Гранка и од Неговото место Тој ќе се разграни и ќе го изгради храмот ГОСПОДОВ.\n<sup>13</sup>Тој ќе го изгради храмот ГОСПОДОВ и ќе се облече во величественост. Ќе седне и ќе владее на престолот Негов. Ќе биде Свештеник на престолот Негов и склад ќе има меѓу Нив двајцата.'\n<sup>14</sup>А круните ќе бидат за Хелем, Товија, Једаија и за Хен, син на Сефанија, како споменик во храмот ГОСПОДОВ.\n<sup>15</sup>Од далеку ќе дојдат и ќе го градат храмот ГОСПОДОВ, па ќе знаете дека ГОСПОД Семоќен ме прати кај вас. А ова ќе се случи ако навистина го послушате гласот на ГОСПОД, вашиот Бог.“\n= Глава 7 =\n10 Правда и милост, а не постење.\n<sup>1</sup>А во четвртата година на царот Дарие, дојде збор од ГОСПОД за Зехарија, на четвртиот ден од деветтиот месец, од месецот кислев.\n<sup>2</sup>Народот на Бетел ги испрати Шаезар и Регем Мелех, со нивните луѓе, да Му се поклонат на ГОСПОД,\n<sup>3</sup>да ги прашаат свештениците и пророците во домот на ГОСПОД Семоќен: „Треба ли да бидам во жалост во петтиот месец, да постам, како што го правев тоа веќе толку многу години?“\n<sup>4</sup>Тогаш дојде збор од ГОСПОД Семоќен за мене:\n<sup>5</sup>Прашај ги сите луѓе во земјата и свештениците: „Кога постевте и бевте во жалост во петтиот и седмиот месец, за овие седумдесет години, кога постевте, за Мене ли постевте?\n<sup>6</sup>А кога јадевте и пиевте, не ли јадевте и пиевте за себе?“\n<sup>7</sup>Зарем не се ова зборовите што ГОСПОД ги објави преку поранешните пророци, додека Ерусалим беше мирен и напредуваше, заедно со неговите околни градови, додека Негев, заедно со подножјето на планините кон запад беше населен?\n<sup>8</sup>Тогаш дојде збор од ГОСПОД за Зехарија:\n<sup>9</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Вашето однесување нека биде навистина правично! Милост и сочувство имајте еден кон друг!\n<sup>10</sup>Вдовица, сирак, туѓинец или сиромашен не угнетувајте, зло еден за друг не мислете во срцата ваши!“\n<sup>11</sup>Но тие одбија на ова да пазат, се свртеа назад тврдоглаво и ушите си ги затнаа, за да не слушаат.\n<sup>12</sup>Срцата свои ги направија кремен камен, за да не го слушаат законот - зборовите што ги испрати ГОСПОД Семоќен преку Неговиот Дух, преку поранешните пророци. Така ГОСПОД Семоќен силно се налути.\n<sup>13</sup>И така, како што кога Тој повикуваше, тие не слушаа, „Кога тие ќе повикаат, Јас нема да чујам!“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>14</sup>Ги распрснав со виор меѓу сите народи, каде што не ги знаеја, а земјата остана пуста зад нив. Ниту некој заминува, ниту некој пристига. Така направија пустина од оваа пријатна земја.\n= Глава 8 =\n11 ГОСПОД ветува да го благослови Ерусалим.\n<sup>1</sup>И дојде збор од ГОСПОД Семоќен:\n<sup>2</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Љубоморен сум, многу сум љубоморен за Сион. Силно пламти во Мене љубомората за него.“\n<sup>3</sup>Вака вели ГОСПОД: „Ќе се вратам во Сион и ќе пребивам среде Ерусалим. Ќе се нарече Ерусалим: >Град на вистината', и планината на ГОСПОД Семоќен: >Света планина'“.\n<sup>4</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Пак ќе седат старци и старици по улиците на Ерусалим, секој со бастун во раката, заради неговата длабока старост.\n<sup>5</sup>Улиците на градот ќе бидат исполнети со момчиња и девојчиња што ќе си играат по нив.“\n<sup>6</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Ете, сега ова можеби изгледа чудно во очите на остатокот од овој народ, но во Мои очи, ќе биде ли тоа чудно?“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>7</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Ете, Јас го избавувам народот Мој од земјата источна и од земјата на зајдисонцето.\n<sup>8</sup>Ќе ги приберам, па ќе живеат среде Ерусалим, и ќе бидат Мој народ, а Јас, Јас ќе им бидам Бог, во верност и праведност.\n<sup>9</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Нека бидат силни рацете ваши, вие кои сега ги слушате овие зборови од устата на пророците, кои бевте присутни кога беше поставен темелот на домот на ГОСПОД Семоќен, за да може храмот да се изгради!\n<sup>10</sup>Ете, пред тоа, немаше плата ниту за човекот, ниту за ѕверот. Ниту оној кој заминуваше, ниту оној кој пристигнуваше не беше безбеден од непријателот, оти Јас го свртев секој човек против својот сосед.\n<sup>11</sup>Но сега веќе не е како во минатите денови. Јас сум со остатокот од овој народ.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>12</sup>Ете, семето ќе напредува, лозјата ќе раѓаат, а земјата ќе дава плод и небесата ќе пуштаат роса. Сево ова ќе го дадам како наследство на остатокот на овој народ.\n<sup>13</sup>И, како што бевте проклетство меѓу народите, доме Јудин и доме Израелев, така Јас ќе ве спасам и ќе станете благослов. Не плашете се! Нека бидат силни рацете ваши!“\n<sup>14</sup>Ете, вака вели ГОСПОД Семоќен: „Како што Јас одредив да падне несреќа врз вас, кога Ме лутеа татковците ваши,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и не се сожалив,\n<sup>15</sup>така сега одредив повторно да му правам добро на Ерусалим и на домот Јудин. Не плашете се!“\n<sup>16</sup>Ова се нештата што морате да ги правите: „Зборувајте ја вистината еден на друг и правична пресуда донесувајте во судовите ваши!\n<sup>17</sup>Никаква завера против соседот свој не ковајте во своето срце! Немојте да го сакате лажното колнење! Ете, сето ова Јас го мразам.“ - вели ГОСПОД Семоќен.\n<sup>18</sup>И дојде збор од ГОСПОД Семоќен за мене:\n<sup>19</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Постот во четвртиот и постот во петтиот и постот во седмиот и постот во десеттиот месец ќе станат за домот Јудин радост, задоволство и весели празници. Затоа вистината и мирот сакајте ги!“<sup>20</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Уште ќе доаѓаат народи и жители на многу градови.\n<sup>21</sup>И ќе одат жителите на еден град кон друг, велејќи: >Ајде да одиме да се молиме пред ГОСПОД, да Го бараме ГОСПОД Семоќен. Јас ете веќе одам!'\n<sup>22</sup>Ќе доаѓаат многу луѓе и народи моќни да го бараат ГОСПОД Семоќен во Ерусалим и да се молат пред ГОСПОД.“\n<sup>23</sup>Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Во тие денови десет луѓе од сите јазици на народите, ќе го држат работ на наметката на еден Јудеец, велејќи: >Пушти нѐ да одиме со тебе, оти слушнавме дека Бог е со вас.'“\n= Глава 9 =\n12 Пресуда за непријателите на Израел.\n<sup>1</sup>Пророштво, збор од ГОСПОД против земјата Хадрах, и против Дамаск, одмаралиштето негово, оти очите ГОСПОДОВИ се свртени како кон племињата Израелеви, така и кон целиот човечки род.\n<sup>2</sup>А исто и против Хамат, кој граничи со него, Тир и Сидон, и покрај нивна голема вештина.\n<sup>3</sup>И изгради Тир тврдина за себе, натрупа сребро како прашина и злато како кал од улиците.\n<sup>4</sup>Гледај, ГОСПОД ќе му ги одземе сите богатства негови и ќе ја уништи на море силата негова, а тој од оган ќе биде проголтан.\n<sup>5</sup>Ќе го види тоа Ашкелон и ќе се уплаши, Газа и Екрон ќе се превиваат во силна болка, оти ќе исчезне нивната надеж. Ќе го снема царот од Газа, а Ашкелон ќе остане ненаселен.\n<sup>6</sup>Туѓинци ќе завладеат во Ашдод, а Јас ќе ја сотрам гордоста на Пилистејците.\n<sup>7</sup>Ќе ги отстранам крвиштата од устите нивни, и забранетите храни од меѓу забите нивни, а оние што ќе останат од нив ќе Му припаѓаат на нашиот Бог и ќе станат како Јевусејците - водачи во Јуда и Екрон.\n<sup>8</sup>Но Јас ќе го бранам Мојот дом од силата грабежлива која надоаѓа и никогаш повторно нив нема да ги покори утнегувачот, оти сега Јас, со Свои очи чувам стража.\n<sup>9</sup>Зарадувај се силно, ќерко Сионова, викни ќерко на Ерусалим! Гледај, твојот Цар доаѓа кај тебе. Праведен, спасоносен е Тој. Кроток, јава на магаре, на прле дури, на младенче од магарињата.\n<sup>10</sup>Ќе ги одземам колите од Ефраим и коњите од Ерусалим. Ќе биде скршен лакот боен, а Тој ќе прогласи мир за народите. Ќе владее Тој од море до море, од реката до краевите на земјата.\n<sup>11</sup>А што се однесува до тебе, заради крвта на заветот со тебе, ќе ги ослободам заробениците твои од јама безводна.\n<sup>12</sup>Вретете се во тврдината, заробеници на надежта! Уште од денес објавувам дека двојно ќе ве обновам.\n<sup>13</sup>Ете, ќе го оптегнам Јуда како лак, ќе го наполнам со Ефраим и ќе ги кренам синовите твои Сионе, против синовите твои Јаване, па ќе те направам како меч војнички!\n13 ГОСПОД ќе се појави.\n<sup>14</sup>Тогаш ГОСПОД ќе се појави над нив и ќе блесне како молња стрелата Негова. ГОСПОД Бог ќе затруби, ќе зачекори во бурите јужни.\n<sup>15</sup>ГОСПОД Семоќен ќе ги заштитува, и ќе уништат, ќе совладаат со камења од праќи, па ќе пијат, ќе рикаат како од вино опиени и ќе се наполнат како пехар, како аглите на жртвеникот.\n<sup>16</sup>На тој ден ќе ги сочува нив ГОСПОД, нивниот Бог, како стадо од Неговиот народ, како скапоцени камења на круната кои блескаат во Неговата земја.\n<sup>17</sup>Ете, колку е привлечно и убаво. Житото ќе направи момчињата да процутат, а младото вино - девојките.\n= Глава 10 =\n14 ГОСПОД ќе се грижи за Јуда.\n<sup>1</sup>Во пролет барајте од ГОСПОД дожд! ГОСПОД создава буроносни облаци и врнежи од дожд дава за секое растение по полето.\n<sup>2</sup>Ете, идолите кажуваат измама. Лажните пророци гледаат лажни виденија и сонови лажни кажуваат, утеха празна даваат. Затоа скитаат како овци, угнетени се, оти нема пастир.\n<sup>3</sup><Против пастирите пламти гневот Мој и против водачите и нив Јас ќе ги казнам.“ ГОСПОД Семоќен ќе се грижи за стадото Свое, за домот Јудин. Ќе направи од нив горди коњи Негови во битка.\n<sup>4</sup>Од него ќе произлезе аголен камен, од него шаторски кол, од него боен лак, од него ќе произлезат сите владетели.\n<sup>5</sup>Ќе бидат моќни. Ќе газат во битка како во улична кал. Ќе се борат, зашто ГОСПОД е со нив и ќе ги соборат оние што јаваат коњи.\n<sup>6</sup>Ќе го зајакнам домот Јудин и домот Јосифов, и ќе ги спасам, ќе ги обновам, зашто се сожалив над нив. Ќе бидат исто како да не сум ги отфрлил, оти Јас, ГОСПОД, нивниот Бог ќе им одговорам.\n<sup>7</sup>Ефраим ќе стане моќен, задоволен во срцето како од вино. Ќе видат децата негови и ќе се радуваат. Ќе се развесели срцето нивно во ГОСПОД.\n<sup>8</sup>Ќе им дадам знак и ќе ги приберам. Целосно ќе ги ослободам и ќе бидат многубројни, како што порано беа многубројни.\n<sup>9</sup>Иако ги распрснав меѓу народите и сѐ уште се во далечните земји, ќе се сетат на Мене, ќе опстанат и ќе се вратат заедно со нивните деца.\n<sup>10</sup>Ќе ги вратам назад од Египетската земја, ќе ги приберам од Асирија, во земјата Гилеад и Либан ќе ги доведам. Ќе бидат толку што за нив ќе нема доволно место.\n<sup>11</sup>Ќе поминат преку море од неволји. Ќе се потчинат морските бранови и ќе се исушат сите длабочини на Нил. Ќе биде срушена гордоста на Асирија, а жезолот на Египет ќе исчезне.\n<sup>12</sup>Ќе им дадам сила во ГОСПОД и во името Негово ќе одат.“ - вели ГОСПОД.\n= Глава 11 =<sup>1</sup>Отвори ги Либане вратите, за да ги проголта оган кедрите твои!\n<sup>2</sup>Плачете борови, зашто паднаа кедрите, уништени се гордите дрвја. Плачете дабови Башански - падна гората густа!\n<sup>3</sup>Плач се слуша од кај овчарите - уништени се богатствата нивни. Рикаат лавовите - уништена е бујноста на Јордан.\n15 Два пастира.\n<sup>4</sup>Вака вели ГОСПОД, мојот Бог: „Вие пасете стока одредена за клање.\n<sup>5</sup>Така оние што ја купуваат, ја колат неказнето, а оние што ја продаваат, велат: >Слава Му на ГОСПОД, се збогатив!' Оние што ги пасат, не ги штедат.“\n<sup>6</sup><Нема да имам повеќе жал за народите на земјата.“ - вели ГОСПОД. „И ете гледај, го предавам секого во раката на соседот негов и во раката на царот негов. Тие ќе ја угнетуваат земјата, а Јас нема да ги избавам од нивните раце.“\n<sup>7</sup>Така Јас го пасев стадото одредено за клање, посебно потчинетите од стадото. Си зедов два стапа, едниот го нареков Наклоност, а другиот го нареков Сојузи, и го пасев стадото.\n<sup>8</sup>Отфрлив тројца пастири во еден месец. Ми здосадија, а и тие ме замразија.\n<sup>9</sup>И реков: „Нема да ве пасам повеќе! Која овца умира, нека умре, која гине, нека гине, а тие што ќе останат, нека го јадат месото една на друга!\n<sup>10</sup>Тогаш го зедов стапот Наклоност и го скршив за да го раскинам заветот што го склучив со сите народи.\n<sup>11</sup>И беше раскинат на тој ден. Така дознаа повредените од стадото, оние кои гледаа кон Мене, дека тоа е збор од ГОСПОД.\n<sup>12</sup>Им реков: „Ако сметате дека е така најдобро, дајте Ми ја Мојата плата, ако не, задржете си ја!“ Така Ми дадоа плата триесет сребреници.\n<sup>13</sup>Тогаш ми рече ГОСПОД: „Фрли му ја на грнчарот оваа добра цена, со која Ме проценија!“, па ги зедов триесетте сребреници и му ги фрлив на грнчарот во домот ГОСПОДОВ.\n<sup>14</sup>Тогаш го скршив вториот стап, Сојузите, за да го скршам братството меѓу Јуда и Израел.\n<sup>15</sup>Тогаш ми рече ГОСПОД: „Опреми се повторно како безумен пастир.\n<sup>16</sup>Ете гледај, Јас ќе издигнам пастир над земјата! За изгубената нема да се грижи, младите нема да ги бара, повредените нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, туку ќе бира од која месо ќе јаде и папките ќе ѝ ги корне.\n<sup>17</sup>Тешко му на несовесниот пастир, на оној кој го напушта стадото! Меч за раката негова и за десното му око! Раката да му се исуши, десното око да му ослепи!“\n= Глава 12 =\n16 Уништување на непријателите на Ерусалим.\n<sup>1</sup>Пророштво, збор од ГОСПОД за Израел: Вака вели ГОСПОД, Оној Кој ги распна небесата и ги постави темелите на земјата, Оној Кој му даде облик на духот што е во човекот:\n<sup>2</sup><Гледајте, од Ерусалим ќе направам пехар опоен за сите околни народи. Ќе постават опсада против Јуда и против Ерусалим.\n<sup>3</sup>Кога ќе се соберат против него сите народи од земјата, ќе направам од Ерусалим карпа непоместива, за сите народи кои се обидуваат да го поместат, да се повредат.\n<sup>4</sup>На тој ден,“ - вели ГОСПОД - „ќе го нападнам секој коњ со страв, а јавачот негов со лудило, и над домот Јудин Јас, со свои очи, ќе чувам стража, а сите коњи на народите ќе ги нападнам со слепило.\n<sup>5</sup>Тогаш ќе си кажат водачите на Јуда во срцата свои: >Ние, жителите на Ерусалим сме силни поради тоа што ГОСПОД Семоќен е наш Бог.'\n<sup>6</sup>На тој ден ќе направам од водачите на Јуда огниште во шумите, распламтен факел меѓу снопјето. Ќе ги проголтаат надесно и налево сите околни народи, а Ерусалим ќе остане мирен и спокоен.\n<sup>7</sup>ГОСПОД најпрво ќе ги спаси живеалиштата на Јуда, за да не биде поголема славата на домот Давидов и славата на жителите на Ерусалим од онаа на Јуда.\n<sup>8</sup>На тој ден ГОСПОД ќе ги заштити жителите на Ерусалим, па ќе биде тогаш и слабиот како Давид, домот Давидов како Бог, како ангел ГОСПОДОВ пред нив.\n<sup>9</sup>На тој ден ќе тргнам да ги уништам сите народи кои го напаѓаат Ерусалим.\n17 Оплакување на прободениот.\n<sup>10</sup>Ќе излеам врз домот Давидов и врз жителите на Ерусалим дух на милост и молитви, и ќе гледаат кон Мене, Оној што го прободеа. Ќе плачат над Него како што се плаче над дете единец, и ќе жалат горко по Него, како што се жали по првороден син.\n<sup>11</sup>На тој ден, голем ќе биде плачот во Ерусалим, како плачот во Хадад Риммон во рамницата Мегиддон.\n<sup>12</sup>Ќе оплакува земјата, родовите секој посебно, родот на домот Давидов посебно и жените нивни посебно, родот на домот Натанов посебно и жените нивни посебно.\n<sup>13</sup>Родот на домот Левиев посебно и жените нивни посебно, родот на Шимеј посебно и жените нивни посебно.\n<sup>14</sup>Сите останати родови, секој род посебно, и жените негови посебно.\n= Глава 13 =\n18 Очистување од грев.\n<sup>1</sup>На тој ден ќе биде отворен извор за домот Давидов и жителите на Ерусалим, за очистување од грев и нечистотија.\n<sup>2</sup><На тој ден“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе ги истребам имињата на идолите од земјата и за нив повеќе ни спомен нема да остане. Ќе ги отстранам од земјата и пророците и духот на нечистотијата.“\n<sup>3</sup>Тогаш, ако некој сѐ уште пророкува, ќе му кажат татко му и мајка му, оние кои го родиле: „Нема да живееше, оти лага кажа во името на ГОСПОД!“ И кога ќе пророкува, татко му и мајка му, оние кои го родиле, ќе го прободат.\n<sup>4</sup>На тој ден ќе се засрамат сите пророци од виденијата нивни, кога пророкуваат, и нема да облечат наметка од коса за да лажат.\n<sup>5</sup>Секој од нив ќе рече: „Не сум пророк. Човек сум земјоделец. Ете, уште од младост сум продаден.“\n<sup>6</sup>Па ако го праша некој: „Што ти се овие рани по рацете?“, ќе одговори: „Повреден бев во домот на моите пријатели.“\n19 Пастирот прободен, овците распрснати.\n<sup>7</sup><Стани мечу против пастирот Мој, против човекот близок до Мене!“, - вели ГОСПОД Семоќен - „Прободи го пастирот и овците ќе се распрснат, а Јас ќе ја свртам раката Моја против малите!“\n<sup>8</sup><Па во целата земја“ - вели ГОСПОД - „два дела ќе соборам и ќе изгинат, а третиот ќе биде оставен во неа.\n<sup>9</sup>Ќе го ставам третиот дел во оган и ќе го прочистам, како што се прочистува среброто. Ќе го проверам, како што се проверува златото. Тој ќе го повика Моето име, а Јас ќе му одговорам и ќе речам: >Ова е Мојот народ.', а тие ќе речат: >ГОСПОД е мојот Бог.'“\n= Глава 14 =\n20 ГОСПОД доаѓа и царува.\n<sup>1</sup>Гледај, денот ГОСПОДОВ доаѓа кога пленот твој ќе биде поделен среде тебе.\n<sup>2</sup>Ќе ги соберам сите народи кон Ерусалим за борба и градот ќе биде заземен. Куќите ќе бидат ограбени, а жените ќе бидат силувани. Ќе отиде половината од градот во прогонство, но остатокот од луѓето нема да бидат одведени од градот.\n<sup>3</sup>Тогаш ќе се појави ГОСПОД и ќе се бори против тие народи, како што се бори Тој во ден на битка.\n<sup>4</sup>Ќе застанат стапалата Негови во тој ден на Маслиновата Гора, која е спроти Ерусалим од исток, и ќе се подели Маслиновата Гора на две, од исток кон запад. Ќе се создаде долина многу голема. Половината од планината ќе се помести на север, а другата половина на југ.\n<sup>5</sup>Ќе бегате низ долината меѓу Моите планини, оти долината ќе се протега сѐ до Асел. Ќе бегате како што бегавте пред земјотресот во деновите на Узија, царот на Јуда. Тогаш ќе дојде ГОСПОД, мојот Бог и сите свети со Него.\n<sup>6</sup>Во тој ден не ќе има повеќе светлина, студенило ниту слана.\n<sup>7</sup>Ќе биде тоа ден единствен, ден познат на ГОСПОД, ни ден, ни ноќ, а приквечер ќе се појави светло.\n<sup>8</sup>На тој ден ќе истекуваат живи води од Ерусалим, половината кон источното, а половината кон западното море, и во лето и во зима.\n<sup>9</sup>ГОСПОД ќе биде цар над сета земја. На тој ден ќе има само еден ГОСПОД, и името Негово ќе биде единствено.\n<sup>10</sup>Сета земја, од Гева до Риммон - јужно од Ерусалим, ќе се претвори во рамница, а Ерусалим ќе се издигне и ќе опстане на своето место, од портата Бенјамин до местото на Првата порта и од Аголната порта до кулата на Ханенел, до царските преси за грозје.\n<sup>11</sup>Ќе живеат во него, и уништување никогаш повеќе нема да има. Ерусалим повторно ќе живее безбедно.\n<sup>12</sup>А ова ќе биде болеста со која ќе ги нападне ГОСПОД сите народи кои се бореа против Ерусалим: „Ќе гние месото негово, уште додека стои на нозе и очите ќе му гнијат во очните дупки, јазикот ќе му гние во устата.“\n<sup>13</sup>На тој ден ќе ги обземе страв силен од ГОСПОД, и ќе се грабнат рака со рака, и ќе нападне рака на рака.\n<sup>14</sup>А Јуда исто така ќе се бори во Ерусалим, и ќе биде собрано богатството на сите околни народи, злато и сребро и облеки во огромни количини.\n<sup>15</sup>Слична ќе биде и болеста што ќе ги нападне коњите, мазгите, камилите, магарињата и сите животни кои се во логорите.\n<sup>16</sup>Тогаш оние што ќе преживеат од народите кои напаѓаа против Ерусалим, ќе доаѓаат од година во година да му се поклонуваат на Царот ГОСПОД Семоќен и да го слават Празникот на Храмот.\n<sup>17</sup>Оној народ од кој нема да дојдат во Ерусалим за да се поклонат на Царот ГОСПОД Семоќен, ќе остане без дожд.\n<sup>18</sup>Ако народот на Египет не дојде да учествува, и за нив ќе нема дожд, туку ќе ги нападне болеста со која ГОСПОД ги нападна народите кои не доаѓаат да го слават Празникот на Храмот.\n<sup>19</sup>Ова ќе биде казната за Египет и казната за сите народи кои нема да доаѓаат да го слават Празникот на Храмот.\n<sup>20</sup>На тој ден ќе биде напишано на коњските прапорци: „На ГОСПОД посветен.“, а садовите за готвење во домот ГОСПОДОВ ќе бидат како свети пехари пред жртвеникот.\n<sup>21</sup>Секое грне во Ерусалим и Јуда ќе биде посветено на ГОСПОД Семоќен. Ќе доаѓаат сите кои ќе принесуваат жртви, ќе земаат од нив и ќе готват во нив. Нема да има повеќе трговци во домот на ГОСПОД Семоќен на тој ден.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 4806, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9246", "title": "Македонски дијалектни текстови/Југоисточно наречје", "text": "Ова се текстови од југоисточното наречје на македонскиот јазик, подредени по дијалектни групи и дијалекти:\n* Источна група\n** Тиквешко-мариовски дијалект\n** Штипско-струмички дијалект\n** Малешевско-пирински дијалект\n* Југозападна група\n** Нестрамско-костенарски дијалект\n** Горички (Корчански) дијалект\n** Костурски дијалект\n* Југоисточна група\n** Солунско-воденски дијалект\n** Серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BD%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8/%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%87%D1%98%D0%B5", "word_count": 46, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9241", "title": "Небиднина/ Шеста молитва на моето тело", "text": ":Везилка си на оваа игра, на овој домородски ритам.\n:Од дивина со крвта ми викаш, од далечина:\n:„Кон твоето тело неподвижно итам\n:јас непозната, глув водопад од месечина.”\n:На твоето чело високо пасат плашливи елени,\n:ти имаш раце силни и зараснати длабоко вземи,\n:во твоето грло растат треви зелени,\n:твоите зборови се ковчести и остри, но неми.\n:Везилка си на оваа игра, на оваа домородска песна\n:а не знам дали си моја ноќ, дали си ден,\n:и оваа грутка црвеница врз која лежам е тесна\n:за овој пораз мој величествен.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Ацо Шопов"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%A8%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE", "word_count": 93, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9242", "title": "Небиднина/ Седма молитва на моето тело – Ацо Шопов", "text": ":Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна\n:и сите твои слатки измами ги знам.\n:Дали оваа игра денеска толку ми стежна\n:па пред тебе до болка и јас се разголувам.\n:Ти знаеш - на ова место нема никаква трага,\n:ни хишник овде ни ѕвер некаков мине.\n:Биди милозлива, биди дарежлива и блага\n:со ова тело од чекање што гине.\n:Ова тело личи на жедна суводолица\n:поцрнета од сонце, испукана од жега.\n:Ова тело е истрајно и гладно како јаловица.\n:Биди му родилка, зачни го повторно сега.\n1 Поврзано\n* Небиднина", "subject": ["Современа македонска поезија", "Ацо Шопов", "Македонска литература"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/_%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D0%BC%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%E2%80%93_%D0%90%D1%86%D0%BE_%D0%A8%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2", "word_count": 87, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9248", "title": "Македонски дијалектни текстови/Пејзаново", "text": "И́маше, дно́ кади́jа да-му-доjде́ Стратин-о́џа. Му-риче́ кади́jа на-Стратин-о́џа: „Да-и́диш, Стратин-о́џа, до́ма-ми да-ми-прика́живаш“. То́ва му-ве́ли Стратин-о́џа на-кади́jа: „Пу́шти-ми мắската да-това́рам тифте́рjите-ми“. Кади́jа му-пушти́ мắската да-това́ри тифте́рjите-му. О́н, ка́к си-jе-зе́л мắската, хо́ди и jе-прода́ва (мắската от-кади́jа)! Чека́ кади́jа ’дно́ де́н, двắ, три́, да-хо́ди. Стратин-о́џа да-чи́нат ла́ф — не́ма ни́шчио! То́ва кади́jа пушти́ да-му-ви́кнат Стратин-о́џа. Ка́к ти́даха̣ да-трупна́ха на-по́ртата, Стратин-о́џа се-пра́ви мо́ма: „Ко́j тро́па на-по́ртата?“ — „Kắдe та́тко-ти?“ — „Та́тко-ми нe-i̭ де́ва, ти́ди да-бе́ре от-тắрн са́ме да-сắjе да-зди́кнат да-се-нара́стат да-ќе-вắрват кираjџи́ји со-баба́ки да ќе-се-за́качуват баба́ките по-тắрн’ите да-ќе-гу-бе́ре та́тко-ми да-ке-гу-прода́де, да-му-пла́ти мắската на-кади́ја“.\nСтратин-о́џа и́маше смо́кви, ќи-рече на-же́ната-му: „Jа́c ќе-хо́дам на-ца́рот смо́кви бакши́ш да-му-да́вам; ти́ кла́ди на-една́ та̣пси́jа смо́кви, да-хо́дам на-ца́рот“. Хо́ди Стратин-о́џа, хо́ди по-пắтот, сто́јне, jа́ди, дна́ смо́ква. Стана́ло пе́т смокви. Ка́то му-хи-видắ ца́рот, му-риче́: „У́-у! Пет смо́кви ми-донсе́ш?! Ско́ро на-во́нка, не́ќу да-те-гле́ам на-о́чите-ми!“ — „Ка́ то не́ќеш на-о́чите да-ме-гле́даш, гле́даj-ме на-гắзот“.", "subject": ["Македонски дијалектни текстови"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BD%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8/%D0%9F%D0%B5%D1%98%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE", "word_count": 325, "cyrillic": 0.991}
{"id": "8881", "title": "Преспански договор", "text": "= СПОГОДБА: КОНЕЧНА СПОГОДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817 (1993) И 845 (1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 г. И ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ =\nПревод на македонски јазик\n1 ПРЕАМБУЛА\nПрвата страна, Грција („Првата страна“) и Втората страна, која беше примена во Обединетите нации согласно резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 г. на Генералното собрание на Обединетите\nнации („Втората страна”), заедно именувани како „Страните“,\n* Повикувајќи се на начелата и целите на Повелбата на Обединетите нации, Завршниот документ од Хелсинки од 1975 г., релевантните акти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и вредностите и начелата на Совет на Европа,\n* Водени од духот и начелата на демократијата, почитувањето на човековите права и основни слободи и достоинство,\n* Придржувајќи се кон одредбите од Повелбата на Обединетите нации и особено оние коишто се однесуваат на обврската на државите во своите меѓународни односи да се воздржуваат од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава,\n* Нагласувајќи ја нивната целосна заложба за начелата за неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државите, содржани во Завршниот документ од Хелсинки од 1975 г.,\n* Потврдувајќи ја постоечката граница меѓу нив како трајна меѓународна граница,\n* Целосно согласни запотребата од зајакнување на мирот, стабилноста, безбедноста и натамошното унапредување на соработката во Југоисточна Европа,\n* Со желба да ја зајакнат атмосферата на доверба и добрососедски односи во Регионот и трајно да ги прекинат сите непријателски ставови, коишто би можеле сè уште да опстојуваат и согласувајќи се за потребата од воздржување од иредентизам и ревизионизам во која било форма,\n* Повикувајќи се на нивната обврска, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, под каков било изговор и во која било форма, да не се мешаат во внатрешните работи и надлежноста на другата Страна,\n* Подвлекувајќи ја, исто така, важноста на развивањето на пријателски односи меѓу државите и потребата споровите да се решаваат на мирен начин, во согласност со Повелбата на Обединети нации,\n* Решавајќи ги разликите во согласност со Резолуцијата 817 (1993) од 7 април 1993 г. и Резолуцијата 845(1993) од 18 јуни 1993 г., на Советот за безбедност, како и член 5 од Привремената спогодба од 13 септември 1995 г. на достоинствен и одржлив начин, имајќи ги предвид важноста на прашањето и чувствителностите на секоја Страна,\n* Земајќи ја предвид Резолуцијата на Генералното собрание47/225 од 8 април 1993 г.,\n* Имајќи ја предвид Привремената спогодба, Меморандумот од 13 октомври 1995 г. за практичните мерки поврзани со Привремената спогодба, Меморандумот за заемно воспоставување на канцеларии за врски во Скопје и Атина од 20 октомври 1995 г., како и процесот на Мерките за градење на довербата,\n* Подвлекувајќи ја нивната силна желба за заемно пријателство, добрососедство и партнерство за соработка,\n* Со заложба да ги зајакнат, прошират и продлабочат своите билатерални односи и да постават цврсти темели за зајакнување и почитување на добрососедските односи и за развивање на нивната севкупна билатерална соработка,\n* Стремејќи се да ја зајакнат и прошират својата билатерална соработка и да ја надградат на ниво на стратешко партнерство, во областите на земјоделството, цивилната заштита, одбраната, економијата, енергијата, животната средина, индустријата, инфраструктурата, инвестициите, политичките односи, туризмот, трговијата, прекуграничната соработка и транспортот, ползувајќи ги притоа придобивките од постоечките Мерки за градење на довербата,\nСе договорија за следново:\n2 ДЕЛ 1: РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКАТА ОКОЛУ ИМЕTO, НЕЗАОКРУЖЕНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ИСТОТО И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ\n2.1 Член 1\n1. Оваа Спогодба е конечна и со нејзиното влегување во сила престанува да важи Привремената спогодба меѓу Страните, потпишана во Њујорк, на 13 септември 1995 г.\n2.Страните го прифаќаат како обврзувачки исходот од преговорите, коишто се одвиваа под покровителство на Обединетите нации, а кои Страните беа обврзани да ги водат во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 945 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и во согласност со Привремената спогодба од 1995 г.\n3. Согласно тие преговори, заемно е прифатено и договорено следново:\nа) Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes, како што е предвидено во оваа спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија“.\nб) Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи.\nв) Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде „македонски јазик“,како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 г. и како што е опишано во член 7, став (3) и став (4) од оваа спогодба.\nг) Термините „Македонија“ и „македонски“ го имаат значењето дадено во член 7 од оваа спогодба.\nд) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).\nѓ) Придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „ на Северна Македонија“. Други употреби на придавката, вклучително и употребата на придавкатаво однос на приватни ентитети и актери, кои не се поврзани со државата и јавните ентитети, кои не се основани со закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата, можат да бидат во согласност со член 7, став (3) и став (4). Употребата на придавката за активности може да биде во согласност со член 7, став (3) и став (4). Ова не влијае на процесот воспоставен според член 1, став 3(ж) и на постојните сложени имиња на градовите на датумот на потпишување на оваа спогодба.\nе) Втората страна ќе го прифати името „Република Северна Македонија“ како нејзиното официјално име, како и термините наведени во член 1, став (3), спроведувајќи внатрешна постапка која е и обврзувачка и неотповиклива и ќе вклучи усвојување на амандман на Уставот, како што е договорено со оваа спогодба.\nж) Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво. За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на2019 г. и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја.\n4. По потпишувањето на оваа спогодба, Страните ќе ги спроведат следниве чекори:\nа) Втората страна без одлагање ќе ја поднесе Спогодбата до Собранието за ратификација.\nб) По ратификацијата на Спогодбата во Собранието на Втората страна, Втората страна ќе ја извести Првата страна дека Собранието на Втората страна ја ратификувало Спогодбата.\nв) Втората страна, доколку така одлучи, ќе одржи референдум.\nг) Втората страна ќе ја започне постапката за усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа спогодба.\nд) Втората страна во целост ќе ги усвои амандманите на Уставот до крајот на 2018 г.\nѓ) По известувањето од Втората страна за завршување на постапката за усвојување на погоренаведените амандмани на Уставот и за завршувањето на сите внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, Првата страна веднаш ќе ја ратификува оваа спогодба.\n5. По влегувањето во сила на оваа спогодба, Страните ќе го употребуваат името и термините наведени во член 1, став 3 во сите релевантни меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, вклучително и на сите состаноци и во вкупната кореспонденција и во сите нивни билатерални односи со сите држави – членки на Обединетите нации.\n6. Конкретно, веднаш по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе:\nа) Ги извести сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, чиј член е, за влегувањето во сила на оваа спогодба и потоа ќе побара од сите тие организации, институции и форуми да го прифатат и употребуваат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели. Двете Страни, исто така, ќе и се обраќаат на Втората страна во согласност со\nчлен 1, став 3 во вкупната комуникација кон, со и во рамките на таквите организации, институции и форуми.\nб) Ги извести ситедржави – членки на Обединети нации за влегувањето во сила на оваа спогодба и ќе побара од истите да го прифатат и да го користат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели, вклучително и во сите свои билатерални односи и комуникација.\n7. По влегување во сила на оваа спогодба и во согласност со одредбите од член 1, став (9) и став (10) термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, „ПЈР. Македонија“, во преведена или непреведена форма, како и привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ и кратенката „ПЈРМ“ ќе престанат да се употребуваат за обраќање кон Втората страна во каков било официјален контекст.\n8. По влегувањето во сила на оваа спогодба, а земајќи го предвид член 1, став (9) и став (10), Страните ќе го користат името и термините од член 1, став 3 за сите намени и цели erga omnes, односно за внатрешна употреба, потоа во сите свои билатерални односи и во сите регионални и меѓународни организации и институции.\n9. По влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали.\n10. Во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од властите на Втората страна, Страните се согласни да има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“:\nа) „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа спогодба.\nб) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.\n11. Постапките за брзо усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, а со цел целосно спроведување на одредбите од оваа спогодба, ќе започнат по ратификацијата на оваа спогодба од нејзиното Собрание или по референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум.\n12. Името и термините наведени во член 1 од оваа спогодба ќе бидат вградени во Уставот на Втората страна. Ваквата промена ќе се изврши наеднаш и севкупно со еден амандман. Според таквиот амандман, името и термините ќе се сменат следствено во сите членови од Уставот. Натаму, Втората страна ќе пристапи кон усвојување на соодветни амандмани на Преамбулата, член 3 и член 49 од Уставот, како дел од постапката за менување на Уставот.\n13. Во случај на грешки и пропусти во правилната употреба на името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба во контекст на меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции, коресподенција, состаноци и форуми, како и во вкупните билатерални односи на Втората страна со трети држави и ентитети, која било од Страните може да побара веднаш да се изврши корекција и да се одбегнуваат слични грешки во иднина.\n2.2 ЧЛЕН 2\n1. Првата страна се согласува да не приговара на барањата за членство или членството на Втората страна, под името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во меѓународните, мултилатералните и регионални организации и институции, во кои членува Првата страна.\n2. Втората страна ќе бара прием во меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции под името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба.\n3. По влегувањето во сила на оваа спогодба, а во согласност со член 1 од истата, Првата страна ќе ратификува каква било спогодба за пристапување на Втората страна кон меѓународни организации, во кои членува Првата страна.\n4. Конкретно, во однос на процесот на интеграција на Втората страна во Европска унија (ЕУ) и Северно-атлантската договорна организација (НАТО), ќе се применува следното:\nа) Втората страна ќе бара членства во НАТО и ЕУ под името и термините од член 1 од оваа спогодба. Зачленувањето во НАТО и ЕУ ќе се одвива со истото име и термини.\nб) По добивање на известување дека Собранието на Втората страна ја ратификувало оваа спогодба, Првата страна веднаш:\n(i) ќе го извести Претседателот на Советот на Европската унија дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Втората страна во Европската унија, под името и термините од член 1 од оваа спогодба.\n(ii) ќе го извести генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка НАТО да ѝ упати покана за пристапување на Втората страна. Таквата поддршка на Првата страна е условена, прво, со исходот на референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум, во согласност со оваа спогодба, и второ, со целосното усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа спогодба. По добивањето на\nизвестување од Втората страна дека ги завршила сите нејзини внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, вклучително и по завршувањето на можен референдум на национално ниво со исход кој е конзистентен со оваа спогодба и по завршувањето на постапката за усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, Првата страна ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Втората страна во НАТО. Оваа постапка за ратификација ќе се заврши заедно со постапката за ратификација на оваа спогодба.\n2.3 ЧЛЕН 3\n1. Страните со ова ја потврдуваат нивната постоечка меѓусебна граница како трајна и неповредлива меѓународна граница. Ниту една од Страните нема да има или да поддржува никакви претензии кон кој било дел од територијата на другата Страна, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебна постоечка граница. Покрај тоа, ниту една од Страните нема да поддржувакакви било вакви претензии кои може да ги изнесат трети страни.\n2. Секоја од Страните се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна. Ниту една од Страните нема да поддржува какви било активности на трети страни насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата Страна.\n3.Двете Страни ќе се воздржуваат, а во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обедините нации, од закани или употреба на сила, вклучително и од закани или употреба на сила со намера да се наруши нивната меѓусебна постоечка граница.\n4. Двете Страни се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат, поддржуваат и/или толерираат какви било дејности или активности од непријателски карактер насочени против другата Страна. Ниту една од Страните нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата Страна од трети страни, организации, групи или поединци, коишто изведуваат или се обидуваат да изведат субверзивни, сецесионистички дејствија, или дејствија или активности коишто претставуваат закана на каков било начин за мирот, стабилноста или безбедноста на другата Страна. Секоја од Страните без одлагање ќе ѝ пренесе на другата Страна информации кои истата ги поседува во однос на такви дејности или намери.\n2.4 ЧЛЕН 4\n1. Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може и не треба да се толкува на начин, кој преставува или кога било ќе претставува основа за претензија кон која било област која не е во рамките на нејзините постоечки меѓународни граници.\n2. Секоја од Страните се обврзува да не дава, ниту да одобрува какви било иредентистички изјави и дека нема да одобрува какви било вакви изјави дадени од оние кои тврдат дека дејствуваат во името или во интерес на една од Страните.\n3. Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може или не треба да се толкува на начин кој преставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата Страна, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани.\n2.5 ЧЛЕН 5\n1. Во вршењето на своите работи, Страните ќе се раководат од духот и начелата на демократијата, фундаменталните слободи, почитувањето на човековите права и достоинство и владеењето на правото, во согласност со Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права<sup>1</sup>, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи<sup>2</sup>, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форма на расна дискриминација<sup>3</sup> , Конвенцијата за правата на детето<sup>4</sup>, Завршниот документ од Хелсинки, Документот од состанокот во Копенхаген на Конференцијата за човековата димензија на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа и Париската повелба за нова Европа, и други меѓународни спогодби и инструменти кон кои пристапиле двете Страни.\n2. Ниту една одредба од кој било инструмент наведен во ставот 1 погоре нема да се толкува дека ѝ дава право на која било од Страните да презема дејствија спротивни на целите и начелата на Повелбата на Обедините нации или Завршниот документ од Хелсинки, вклучително и спротивно на начелото на територијален интегритет на државите.\n2.6 ЧЛЕН 6\n1. Со цел јакнење на пријателските билатерални односи, секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за забрана на какви било непријателски активности, дејствија или пропаганда од страна на државни органи или органи под директна или индиректна контрола на државата и ќе спречи дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна. Доколку се јават такви дејствија, двете Страни ќе ги преземат сите потребни мерки.\n2. Секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за да обесхрабри и спречи какви било дејствија од приватни ентитети, дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат насилство, омраза или непријателство против другата Страна. Доколку приватен ентитет на територијата на која било од Страните спроведува такви дејствија без знаење на таа Страна, таа Страна, откога ќе дознае за таквите дејствија, веднаш ќе ги преземе неопходните мерки, предвидени со закон.\n3. Секоја од Страните ќе спречува и обесхрабрува дејствија, вклучително и дејствија на пропаганда од страна на приватни ентитети, дејствија коишто многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна.\n2.7 ЧЛЕН 7\n1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.\n2.Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.\n3. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).\n4. Втората страна изјавувадека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна.\n5. Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни.\n2.8 ЧЛЕН 8\n1. Доколку која било од двете Страни верува дека еден или повеќе симболи кои преставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство ги употребува другата Страна, таа за таквата наводна употреба ќе ѝ укаже на другата Страна, а другата Страна ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да се справи со прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.\n2. Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.\n3. Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не\nспаѓаат во опфатот на оваа одредба.\n4. Секоја од Страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата Страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними.\n5. Во рок од еден месец од потпишувањето на оваа спогодба, Страните преку размена на дипломатски ноти, на рамноправна основа, ќе формираат Заеднички интередисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, којшто ќе го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на автентични, засновани на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди. Министерствата за надворешни работи на двете Страни ќе ја надгледуваат работата на Комитетот, а во соработка со други надлежни државнивласти. Комитетот ќе разгледа и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од Страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. За оваа цел, Комитет ќе дефинира конкретни временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од Страните ниту еден учебник или помошен наставен материјал што се користи во годината по потпишувањео на оваа спогодба не содржи какви било иредентистички/ревизионистички упатувања. Комитетот, исто така, ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член. Комитетот редовно ќе се состанува, а најмалку двапати годишно и ќе поднесува годишен извештај за своите активности, како и препораки кои треба да бидат одобрени од Советот за соработка на високо ниво, кој ќе се формира во согласност со член 12.\n6. Страните прифаќаат дека наведените заемно прифатени решенија, коишто произлегуваат од преговорите, ќе придонесат кон конечното воспоставување на мирољубиви и добрососедски односи во Регионот, во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.\n3 ЧЛЕН 9\n1. Страните се согласуваат дека нивната стратешка соработка ќе ги опфати сите сектори, како што се земјоделство, цивилна заштита, одбрана, економија, енергија, животна средина, индустрија, инфраструктура, инвестиции, политички односи, туризам, трговија, прекугранична соработка и транспорт. Ваквата стратешка соработка ќе се применува не само во секторите опфатени со оваа спогодба, туку исто така и во оние сектори кои во иднина ќе се сметаат за корисни и неопходни за двете земји. Сите овие сектори треба да се вградат во сеопфатен акциски план во текот на развивањето на билатералните односи.\n2. Постоечките Мерки за градење на довербата ќе бидат вградени во наведениот акциски план. Акцискиот план има за цел спроведување на одредбите од овој дел од оваа спогодба. Акцискиот план континуирано ќе се збогатува и развива.\n4 ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ\n4.1 ЧЛЕН 10\nПо влегувањето во сила на оваа спогодба:\n1. Првата страна веднаш ќе го подигне нивото:\nа) на нејзината постоечка Канцеларија за врски во главниот град на Втората страна на ниво на амбасада; и\nб) на нејзината постоечка Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во градот Битола во Втората страна на ниво на генерален конзулат; и\n2. Втората страна веднаш ќе го подигне нивото:\nа) на нејзината постоечка Канцеларија за врски во главниот град на Првата страна на ниво на амбасада; и\nб) на нејзината постоечка Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во градот Thessaloniki (Солун) на ниво на генерален конзулат.\n5 СОРАБОТКА ВО КОНТЕКСТ НА МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОРУМИ\n5.1 ЧЛЕН 11\nСтраните тесно ќе соработуваат, билатерално и во рамките на регионалните организации и иницијативи, со цел да обезбедат дека Југоисточна Европа ќе стане регион на мир, раст и просперитет за нејзините народи. Тие ќе ја унапредуваат и ќе соработуваат во дефинирањето на соработката на регионално ниво, а меѓу другото, ќе соработуваат и на заемната поддршка на нивните кандидатури во контекст на меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции, како што се Обединетите нации, ОБСЕ и Советот на Европа.\n6 ПОЛИТИЧКА И ОПШТЕСТВЕНА СОРАБОТКА\n6.1 ЧЛЕН 12\n1. Страните се согласуваат да ги зајакнат и натаму да ги развиваат своите билатерални политички односи, преку редовни посети, состаноци и консултации на високо политичко и дипломатско ниво.\n2. Страните ќе формираат Совет за соработка на високо ниво (ССВН), кој ќе го сочинуваат претставници на нивните влади, заеднички предводен од нивните премиери.\n3. ССВН ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа спогодба и акцискиот план кој ќе произлезе од истата. ССВН ќе донесува одлуки и ќе промовира активности и мерки за подобрување и надградување на билатералната соработка меѓу двете Страни и ќе разгледува какви било прашања кои може да произлезат во текот на спроведувањето на оваа спогодба и акцискиот план што ќе произлезе од истата, а со цел решавање на таквите прашања.\n4. Страните се убедени дека развојот и јакнењето на непосредните контакти меѓу луѓето се од суштинско значење за развој на пријателството, соработката и добрососедството меѓу Страните и нивните народи. Тие ќе ги поддржуваат и поттикнуваат таквите контакти и средби меѓу нивните граѓани на сите соодветни нивоа.\n5. Страните ќе дадат поддршка и ќе ги поттикнат контактите меѓу нивните граѓански општества, како и меѓу нивните институции и локални власти, вклучително и активностите за соработка меѓу младите и студентите, како и нивна размена, а со цел постигнување на подобро разбирање и соработкамеѓу нивните народи.\n7 ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА\n7.1 ЧЛЕН 13\nЗемајќи го предвид фактот дека Втората страна е држава без излез на море, Страните ќе се раководат од релевантните одредби на Конвенцијата на Обединетите нации за правото на\nморето, колку што истата е применлива во практика и при склучување спогодби наведени во член 18 од оваа спогодба.\n7.2 ЧЛЕН 14\n1. Страните натаму ќе ја развиваат нивната економска соработка во сите области. Особен фокус ќе се стави на јакнење, зацврстување и продлабочување на нивната билатерална соработка во областа на земјоделството, енергијата, животната средина, индустријата, инфраструктурата, инвестициите, туризмот, трговијата и транспортот. За постигнување на овие цели, Страните ќе ги исползуваат и искористат постоечките Мерки за градење на довербата, коишто претставуваат заемно корисна платформа за соработка, која ќе се развие во акциски план.\n2. Страните ќе поттикнуваат заемни инвестиции и ќе ги преземат сите неопходни мерки за нивна делотворна заштита, вклучително и мерки против прекумерна бирократија и за надминување на институционалните, административните и даночни пречки. Страните особено ќе се фокусираат врз соработката меѓу компаниите, деловните субјекти и индустриите на секоја од Страните.\n3. Страните ќе се воздржат од наметнување на каква било пречка за движењето на луѓе и стоки меѓу нивните територии и преку територијата на која било од двете Страни на територијата на другата Страна. Страните ќе соработуваат за да го олеснат таквото движење во склад со меѓународното право.\n4. Страните ќе ја развиваат и поттикнуваат нивната соработка во енергетскиот сектор, имено преку изградба, одржување и искористување на интерконективни гасоводи и нафтоводи (постоечките, оние коишто се во изградба и проектираните), а ќе соработуваат и во однос на изворите на обновлива енергија, вклучително и на соларни, на ветер и хидроелектрични капацитети. Можните нерешени прашања брзо ќе се разгледаат и ќе се постигне заемно прифатливо решение, при што особено ќе се земе предвид Европската политика за енергија и европското законодавство во оваа област. Првата страна ќе ѝ помогне на Втората страна преку соодветно пренесување на знаења и експертиза.\n5. Страните ќе промовираат, прошируваат и подобруваат кооперативна синергија во областите на инфраструктурата и транспортот, а на реципрочна основа и во областите на патниот, железничкиот, поморскиот и воздушниот транспорт и комуникациски врски, користејќи ги најдобрите достапни технологии и практики. Тие, исто така, ќе го овозможат транзитот меѓу нив на стоки, товар и стоки преку инфраструктурата, вклучително и преку пристаништа и аеродроми, на територијата на секоја од Страните. Страните ќе се придржуваат кон меѓународните правила и регулативи во однос на транзитот, телекомуникациите, знаците и кодовите. Првата страна ќе го направи тоа до онаа мерка и на начин што ќе биде во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и други меѓународни инструменти. Втората страна ќе го стори тоа до онаа мерка и на начин што ќе биде во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членството во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации каде истата членува во времето на влегување во сила на оваа спогодба, како и обврските кои ќе произлезат од нејзиното членство во Европската унија, откога ќе се предложи нејзиното пристапување кон истата.\n6. Страните ќе настојуваат да ги подобрат и модернизираат постоечките гранични премини, како што тоа го бара протокот на сообраќај, а исто така ќе градат и нови гранични премини, со цел да се поттикне туристичката и трговска размена меѓу нив.\n7. Страните ќе преземаат мерки за да обезбедат заштита на животната средина и зачувување на природната средина во прекуграничните води и нивното опкружување и ќе соработуваат во настојувањата за намалување и отстранување на сите форми на загадување. Страните ќе настојуваат да развиваат и усогласат стратегии и програми за регионална и меѓународна соработка за заштита на животната средина.\n8. Страните ќе дадат поддршка за проширување на туристичката размена и за развојот на нивната соработка на полињата на алтернативниот туризам, вклучително и културниот, верскиот, образовниот, медицинскиот и спортскиот туризам и ќе соработуваат за подобрување и унапредување на деловните и туристички патувања меѓу нив.\n9. Страните ќе формираат Заеднички министерски комитет (ЗМК) кој ќе има за цел да ја постигне најдобрата можна соработка во погоре споменатите сектори на економското партнерство, вклучително и преку организирање на заеднички деловни форуми. Комитетот ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе управува со текот на билатералната економска соработка, со сеопфатната примена на релевантни секторски дејности, спогодби, протоколи и договорни рамки, како и сите идни релевантни спогодби. Страните поттикнуваат што е можно поблиска соработка меѓу нивните стопански комори.\n8 СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТИТЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, НАУКАТА, КУЛТУРАТА, ИСТРАЖУВАЊЕТО, ТЕХНОЛОГИЈАТА, ЗДРАВСТВОТО И СПОРТОТ\n8.1 ЧЛЕН 15\nВо добата на новата индустриска револуција и втората генерација на машините, продлабочувањето на соработката меѓу државите и општествата е неопходно повеќе од кога било, особено во однос на општествените активности, технологијата и културата и во потесна и во поширока смисла. Со цел развој на таквата соработка:\n1.Страните ќе ја развиваат и подобруваат нивната научна, технолошка и техничка соработка, како и нивната соработка во областа на образованието. Тие ќе ја интензивираат нивната меѓусебна размена на информации и на научна и техничка документација и ќе настојуваат заемно да го подобрат пристапот кон научните и истражувачки институции, архиви, библиотеки и слични институции. Страните ќе дадат поддршка на инцијативи од научните и образовните институции, како и од поединци кои се насочени кон подобрување на соработката и размената во областите на науката, технологијата и образованието.\n2.Страните ќе дадат поддршка и ќе поттикнат настани, како и научни наставни програми во кои ќе учествуваат припадници на нивните научни и академски заедници. Тие, исто така, ќе дадат поддршка и ќе го поттикнуваат организирањето на билатерални и меѓународни конференции во овие области.\n3. Страните придаваат големо значење на развојот на истражувањето, како и примената и искористувањето на новите технологии, вклучително и на дигиталната технологија и нанотехнологијата, на начин со кој се зачувува животната средина и се надградуваат вештините, капацитетите и вкупната добросостојба на нивните граѓани. За оваа цел, Страните ќе ја развиваат соработката меѓу нивните истражувачки центри, истражувачи и системите на академските институции.\n4.Страните особено ќе се фокусираат на развојот на културните односи меѓу двете држави, нивните општества и општествени групи, при тоа особено земајќи ги предвид уметноста, танцот, кинематографијата, музиката и театарот. Во овој контекст, особена важност се придава на спорот. Ќе се унапредува билатералната соработка во областа на здравството, вклучително и здравствената заштита.\n9 ПОЛИЦИСКА И СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ЦИВИЛНАТА ЗАШТИТА\n9.1 ЧЛЕН 16\n1. Страните тесно ќе соработуваат во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, тероризмот, стопанскиот криминал, особено против криминалот поврзан со нелегалната трговија и/или експлоатација на луѓе, криминалот поврзан со производство, недозволена трговија и/или нелегална трговија на наркотични дроги и психотропни супстанци, нелегалното производство и трговија со оружје, негови резервни делови и компоненти, како и муниција, потоа нелегалниот увоз, извоз и пренос на сопственост на културен имот, како и против дела против цивилното воздухопловство и дела поврзани со фалсификување и/или криумчарење на цигари, алкохол или горива.\n2. Страните тесно ќе соработуваат во областа на цивилната заштита, особено фокусирајќи се на спречување и справување со природни и катастрофи предизвикани од човекот и на активности за справување со последиците од катастрофите. Секоја Страна може да ја искористи специјализираната едукација и експертизата на другата Страна и секогаш кога е тоа потребно и можно секоја Страна на другата Страна ќе ѝ овозможи користење на нејзината специјална инфраструктура, особено за противпожарна заштита. Страните може да ја разгледаат можноста за воспоставување на релевантен механизам за помош во спроведувањето на одредбите од овој член.\n10 ОДБРАНБЕНА СОРАБОТКА\n10.1 ЧЛЕН 17\nСтраните ќе ја зајакнат и прошират нивната соработка во областа на одбраната, вклучително и преку чести посети и контакти меѓу политичките и воени лидери на нивните вооружени сили, потоа преку соодветен пренос на знаења и помош за градење на капацитетите, соработката во областите на производство, информирање и заеднички воени вежби. Страните особено ќе се фокусираат врз обуката на персоналот која Страните може меѓусебно да ја обезбедат.\n11 ДОГОВОРНИ ОДНОСИ\n11.1 ЧЛЕН 18\n1. По влегувањето во сила на оваа спогодба, во нивните односи, Страните ќе се раководат од одредбите на следните билатерални спогодби кои биле склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата Страна, на 18 јуни 1959 г.:\nа) Конвенцијата за заемни правни односи,\nб) Спогодба во врска со реципрочното признавање и спроведување на судски одлуки, и\nв) Спогодба за прашања од областа на водостопанството.\n2. Страните се согласуваат дека по влегувањето во сила на оваа спогодба, сите меѓународни документи кои се билатерално правно обврзувачки за Страните ќе останат во сила, освен тие чие престанување на важност е конкретно предвидено со оваа спогодба.\n3. Страните меѓусебно ќе се консултираат со цел да идентификуваат други спогодби склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и првата Страна, коишто тие ќе сметаат дека се соодветни да се применуваат во нивните односи.\n4.Страните се обврзуваат да ги истражат сите можности за склучување на дополнителни билатерални спогодби, потребни во областите од заемен интерес.\n12 ДЕЛ 3: РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ\n12.1 ЧЛЕН 19\n1. Страните сите спорови ќе ги решаваат единствено со мирољубиви средства, во согласност со Повелбата на Обедините нации.\n2. Во случај една од Страните да смета дека другата Страна не дејствува во согласност со одредбите од оваа спогодба, таа Страна прво за својата загриженост ќе ја извести другата Страна и ќе се бара решение преку преговори. Доколку Страните не можат прашањето да го решат билатерално, Страните може да се согласат да побараат од генералниот секретар на Обединетите нации да ги употреби неговите добри услуги за решавање на прашањето.\n3. Секој спор што ќе се јави меѓу Страните во однос на толкувањето или спроведувањето на оваа спогодба и кој нема да се реши во согласност со постапките наведени во член 19, став (2), може да се поведе пред Меѓународниот суд на правдата. Страните прво треба да настојуваат да постигнат согласност со цел заеднички да поведат таков спор пред наведениот суд. Сепак, доколку не се постигне таква согласност во рок од шест месеци, или за подолг период за кој заемно ќе се согласат двете Страни, тогаш таквиот спор пред истиот суд може да го поведе секоја Страна поединечно.\n13 ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\n13.1 ЧЛЕН 20\n1. Оваа спогодба ќе ја потпишат министрите за надворешни работи на двете Страни.\n2. Оваа Спогодба е предмет на ратификација, во согласност со последователната постапка предвидена во член 1, став (4).\n3. По завршувањето на неопходните внатрешно-правни постапки потребни за влегување во сила на оваа спогодба, како што е предвидено во член 1, во рок од две недели, Страните за истото писмено меѓусебно ќе се известат. Оваа спогодба ќе влезе во сила на датумот на прием на последното известување од односната Страна.\n4. Член 8, став (5) ќе се применува привремено и пред влегувањето во сила на оваа спогодба. Доколку оваа спогодба не влезе во сила, оваа спогодба, во целост и секоја нејзина одредба поединечно, нема да имаат никакво дејство или примена, ниту привремена, ниту каква било друга и истата нема на кој било начин да ја обврзува која било од Страните.\n5. Разликата и преостанатите прашања наведени во Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН ќе се сметаат за решени по влегувањето во сила на оваа спогодба.\n6. Што е можно поскоро по влегувањето во сила на оваа спогодба, Страните или една од Страните ќе го извести генералниот секретар на Обединетите нации за влегувањето во сила на оваа спогодба, како и за датумот на кој истата влегла во сила, а со цел нејзино спроведување во Обединетите нации.\n7. Оваа спогодба не е насочена против која било друга држава, ентитет или лице. Таа не ги загрозува правата и должностите кои произлегуваат од билатералните и мултилатералните спогодби кои се веќе во сила, а кои двете Страни ги склучиле со други држави или меѓународни организации.\n8. Првата страна ќе ја применуваа оваа спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и нејзиното членство во други меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, како и во согласност со други меѓународни инструменти. Слично, Втората страна ќе ја применува оваа спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, вклучително и оние поврзани со Европската унија, по предлогот за нејзино пристапување во членство.\n9. Одредбите од оваа спогодба остануваат во сила за неопределен период и се неотповикливи. Не се дозволени никакви измени на одредбите од член 1, став (3) и став (4) од оваа спогодба.\n10. Оваа спогодба ќе биде регистрирана во Секретаријатот на Обединетите нации во согласност со член 102 од Повелбата на Обединетите нации, веднаш штом влезе во сила. ВО СВЕДОШТВО НА ТОА, Страните преку своите должно овластени претставници, ги потпишаа трите примерока од оваа конечна спогодба, на англиски јазик.\nПретставник на Првата Страна\nНикој Коѕијас\nПретставник на Втората Страна\nНикола Димитров\nПОСВЕДОЧЕНО, во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за\nбезбедност на ОН од МЕТЈУ НИМИЦ\nВо Псаредес (Нивици), Република Грција\nна 17 јуни 2018\n13.2 Notes\n1 Обединети нации, Службено гласило на Генералното собрание, трето заседание, Дел I, стр.\n2 Обединети нации, Збирка на договори, том 213, стр. 221\n3 Ibid, том 660, стр. 195\n4 Ibid, том 1577, бр. I27531.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80", "word_count": 6618, "cyrillic": 0.998}
{"id": "9192", "title": "Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1963)", "text": "0.1 I. ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА НА УСТАВОТ\nУставот на Социјалистичка Република Македонија влегува во сила и се применува кога ќе го прогласи Народното собрание на Народна Република Македонија, доколку со овој закон не е поинаку определено.Одредбите на Уставот со кои поинаку се регулираат прашањата утврдени со одредбите на постоините републички закони, кои во смисла на одредбите на овој закон остануваат во сила, до нивното усогласување со Уставот се применуваат со денот на влегувањето во сила на законот со кој постоиниот закон се доведува во согласност со Уставот односно со истекот на рокот за усогласување определен со овој закон.\n0.2 II. ПРИМЕНА НА УСТАВНИТЕ ОДРЕДБИ НА РЕПУБЛИЧКИТЕ ОРГАНИ\nОдредбите на Уставот што се однесуваат на организацијата и составот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (Собрание) се применуваат од денот на првиот состанок на новоизбраното Собрание, а одредбите што се однесуваат на другите органи на Републиката се применуваат од денот на изборите на тие органи односно од денот на именувањето на функционерите во републичките органи на управата од Собранието.\nДо првиот состанок на Собранието избрано според Уставот, претседателот, потпретседателот и секретарот на Народното собрание остануваат на своите должности и своите функции ги вршат според досегашните прописи.Административниот одбор и Комисијата за толкување на законите продолжуваат со работа до првиот состанок на Собранието и ги вршат своите права и должности според досегашните прописи.Административниот одбор по работите од својот делокруг одлучува во согласност со претседателот на Народното собрание.Задолжителните толкувања на Комисијата за толкување на законите ќе се поднесат на потврда на надлежните собори на Собранието.\nДо изборот на Извршниот совет според Уставот, Извршниот совет продолжува со работа според Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија од 1953 година и другите постојни прописи, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nДо конституирањето на Собранието, Извршниот совет може да презема привремени мерки што се неодложни заради обезбедување стабилност во стопанството или заради извршување на Републичкиот општествен план и Републичкиот буџет, како и да располага со општествените средства во рамките на правата и должностите на Републиката.Прописите за мерките од претходниот став остануваат во сила најмногу еден месец од денот на првиот состанок на Собранието.\nСе овластува Извршниот совет, до именувањето на соодветните функционери од новоизбраното Собрание, да може да разрешува од должност одделни републички секретари и други функционери на републичката управа и да именува, според Уставот, републички секретари и други функционери во Извршниот совет и републичките органи на управата, во согласност со одредбите на овој закон.\nЗаконот за Уставниот суд на Македонија ќе се донесе најдоцна шест месеци од денот на конституирањето на Собранието.Денот на почетокот со работа на Уставниот суд на Македонија ќе го определи Собранието.\n0.2.1 1. Собрание на Социјалистичка Република Македонија\nСобранието се избира според Законот за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија што се донесува на основа Уставот.Со посебен закон за изборните единици Народното собрание ќе ги определи изборните единици за избор на пратеници на Собранието.\nНовоизбраното Собрание ќе се состане најдоцна во рок од триесет дена од денот на изборот на Републичкиот собор.Новоизбраното Собрание го свикува претседателот на Народното собрание на Народна Република Македонија.\nНовоизбраното Собрание веднаш по своето конституирање ќе изврши избор на определениот број на републички пратеници во Соборот на народите на Сојузната скупштина; избор на претседател и членови на Извршниот совет и именување на републички секретари и секретар на Извршниот совет.\n0.2.2 2. Републички органи на управата\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон постојните државни секретаријати, секретаријати на Извршниот совет и други републички органи на управата продолжуваат со работа под следните називи:1) Републички секретаријат за внатрешни работи;2) Републички секретаријат за правосудство;3) Републички секретаријат за законодавство и организација;4) Републички секретаријат за буџет и организација на управата;5) Републички секретаријат за информации;6) Републички секретаријат за народна одбрана;7) Републички секретаријат за финансии;8) Републички секретаријат за индустрија;9) Републички секретаријат за земјоделство и шумарство;10) Републички секретаријат за трговија и туризам;11) Републички секретаријат за сообраќај и врски;12) Републички секретаријат за труд;13) Републички секретаријат за општи стопански работи;14) Републички завод за стопанско планирање.Сите останати постојни републички органи на управата и други органи што вршат работи од надлежноста на Републиката, продолжуваат со работа според досегашните прописи, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nОрганите од претходниот член ќе продолжат со работа според одредбите на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија од 1953 година и другите постојни прописи што се однесуваат на организацијата и одговорноста на републичките органи на управата, до нивното усогласување со Уставот односно до донесувањето на посебен закон.\n0.2.3 3. Републички совети\nСоветот за народно здравје, Советот за социјална полиѕика и комунални работи, Советот за просвета и Советот за култура продолжуваат со работа според досегашните прописи до конституирањето на Собранието.Со денот на конституирањето на Собранието советите од претходниот став престануваат со работа. Извршните работи во врска со извршувањето на законите и другите акти на Сојузната народна скупштина и Народното собрание, прописите на Сојузниот извршен совет и на Извршниот совет, спроведувањето на политиката на извршувањето на републичките прописи, како и управните работи од надлежноста на укинатите совети се пренесуваат на нивните секретаријати кои продолжуваат со работа како републички секретаријати под следните називи: Секретаријат за народно здравје; Секретаријат за социјална политика и комунални работи; Секретаријат за просвета и Секретаријат за култура.\nВо одделни републички секретаријати и во Републичкиот завод за стопанско планирање може да се именува заменик на секретарот односно на директорот, кој со сите овластувања го заменува во случај на негова отсутност односно спреченост и го застапува во определени работи. Заменикот го именува и разрешува од должност Собранието по предлог од претседателот на Извршниот совет, што тој го поднесува од името на Советот.\n0.3 III. ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ НА УСТАВОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОПШТИНСКИТЕ И ОКОЛИСКИТЕ СОБРАНИЈА\nОдредбите на Уставот што се однесуваат на организацијата на општинските и околиските собранија се применуваат од денот на нивниот прв состанок, доколку со овој закон не е поинаку определено.\nПо влегувањето во сила на овој закон општинските и околиските народни одбори ќе го утврдат со одлука бројот на одборниците на општинскиот односно околискиот собор и бројот на одборниците на соборот на работните заедници.Со посебна одлука општинските народни одбори ќе ги утврдат изборните единици за избор на одборници.\nОпштинските и околиските народни одбори со свои одлуки ќе ја утврдат организацијата и делокругот на општинските и околиските собранија и нивните органи.Со посебна одлука општинските и околиските собранија, во согласност со одредбите на Уставот, ќе утврдат кои работи од делокругот на собранието според досегашните републички прописи ќе ги врши собранието на седница, а кои од нив ќе врши соодветен совет односно орган на управата.\nОдлуките од претходните членови општинските и околиските народни одбори ќе ги донесат на заедничка седница на обата собора по постапката за донесување на статутите на општините и околиите предвидена со Уставот.\nОпштинските и околиските собранија, до донесувањето на статутите, можат со свои одлуки донесени на начинот предвиден во претходниот член да уредуваат одделни прашања кои според Уставот се регулираат со статутот на општината односно околијата.\nКонституирањето на општинските собранија ќе се изврши во рок од десет дена од изборот на соборот на работните заедници, а на околиските собранија во рок од седум дена од конституирањето на општинските собранија.Новоизбраните општински и околиски собранија ги свикува претседателот на народниот собор на општината односно околијата.\nДо првиот состанок на општинските и околиските собранија народните одбори и нивните органи ќе продолжат со работа според досегашните прописи, доколку со овој закон не е поинаку определено.\n0.4 IV. ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ НА УСТАВОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ НА ГРАД СКОПЈЕ\nОдредбите на Уставот што се однесуваат на организацијата на Градското собрание на град Скопје се применуваат од денот на неговиот прв состанок.\nПодрачјето на град Скопје го сочинува подрачјето на сегашната Скопска околија во која влегуваат општините Идалија, Кале, Кисела Вода, Саат Кула, Ѓорче Петров, Драчево и Петровец.\nБројот на одборниците на Градскот собор и на соборот на работните заедници на Градското собрание, како и бројот на одборниците што ги избираат во овие собори собранијата на општините од подрачјето на град Скопје, ќе го утврди со одлука Народниот собор на Скопска околија.\nСо свои одлуки Градското собрание ќе ја утврди организацијата и делокругот на собранието и неговите органи.Со посебна одлука, во согласност со Уставот, Градското собрание утврдува кои работи од делокругот на Градскиот совет на град Скопје и на околискиот народен одбор според досегашните републички прописи ќе ги врши Собранието на седница, а кои од нив ќе ги врши соодветен совет односно орган на управата.\nДо донесувањето на законот со кој ќе се определи надлежноста на Градското собрание и на статутот на град Скопје, општинските собранија можат со свои усогласени одлуки да утврдуваат работи од заеднички интерес за градот како целина што ќе ги врши Градското собрание.Со одлуките од претходниот став општинските собранија ќе ги утврдат и средствата нужни за извршување на тие работи.\nОдлуките од член 24-26 се донесуваат според оредбите од член 18 од овој закон.\nКонституирањето на Градското собрание ќе се изврши во рок од седум дена од денот на конституирањето на собранијата на општините од подрачјето на град Скопје.Градското собрание го свикува претседателот на Народниот собор на Скопска околија.\nДо првиот состанок на Градското собрание ќе продолжи со работа Градскиот совет на град Скопје според досегашните прописи.\nСо денот на првиот состанок на Градското собрание престанува со работа Градскиот совет на град Скопје, а работите од неговата надлежност се пренесуваат на Градското собрание и неговите органи.\nПравата и должностите на околијата на подрачјето на град Скопје ќе ги врши Градското собрание од денот на неговиот прв состанок.\n0.5 V. УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ СО УСТАВОТ\nРепубличките закони и другите прописи што не се укинуваат со овој закон остануваат во сила, а нивните одредби кои не се во согласност со Уставот ќе се усогласат со него во рок од две години од влегувањето во сила на овој закон.\nПри усогласувањето со Уставот на постојните републички закони од определена област, со законот ќе се доведат во согласност и оние одредби од другите републички прописи од таа област што се однесуваат на односи кои според Уставот можат да се уредуваат, само со закон.Ако со законот од претходниот став не се усогласени прописите донесени на основа законот од соодветната област, републичкиот орган кој со законот е овластен да донесува прописи за извршување на законот, е должен тие прописи да ги усогласи со Уставот и законот најдоцна во рок од три месеци од денот на донесувањето на законот за усогласување.\nСојузните општи закони во областите за кои не се донесени републички закони ќе се применуваат непосредно до донесувањето на тие закони.\nОдредбите на републичките прописи кои се однесуваат на органите на управување во работните оранизации и на нивниот делокруг, а што се спротивни на Уставот престануваат да важат. Наместо нив ќе се применуваат соодветните одредби од Уставот ако за нивната непосредна примена не е предвидено донесување на закон.Работните организации од претходниот став, до донесувањето на статути според одредбите на Уставот, ќе ги усогласат постојните статути односно правила за своето работење во делот за управувањето со Уставот во рок од шест месеци по влегувањето во сила на овој закон.До донесувањето на прописи за избор на директор на работните организации остануваат во сила одредбите на постојните републички прописи со кои се уредува постапката за назначување на директори во работните организации.\nСамостојните прописи што народните одбори ги донеле на основа овластувањата од Законот за народните одбори на општините односно Законот за народните одбори на околиите општинските односно околиските собранија ќе ги усогласат со начелата од Уставот на Социјалистичка Република Македонија и Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во рок од една година од денот на своето конституирање.Останатите прописи на народните одбори ќе се усогласат на начинот и во роковите што ќе се определат со посебен закон.\nСо денот на конституирањето на општинските и околиските собранија престануваат да важат:- Законот за народните одбори на општините (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 22/1952 и 29/1953);- Законот за народните одбори на околиите (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 22/1952 и 29/1953);- Законот за спроведување уредувањето на општините и околиите (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 22/1955).По исклучок, до почнувањето со работа на Уставниот суд на Македонија остануваат во сила одредбите на законите од претходниот став со кои е предвидено право и должност на републичките и околиските органи да задржуваат од извршување, да поништуваат и укинуваат прописи на органите на општината односно околијата што се спротивни на Уставот и законите.\nРешавањето на одделни управни работи кое, според досегашните републички прописи, е ставено во првостепена надлежност на околиските народни одбори и нивните органи се пренесува во надлежност на соодветните општински органи, освен инспекциските работи за кои со посебен републички пропис е определена првостепена надлежност за околиски орган.Околиските органи за внатрешни работи ја задржуваат својата надлежност според досегашните републички прописи до донесувањето на соодветни републички прописи со кои ќе се одреди кои од тие работи и натаму остануваат во надлежност на околиските органи. Тие прописи ќе се донесат најдоцна во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон.\nСегашните сојузни прописи за јавните службеници и републичките прописи донесени на основа на нив ќе се применуваат на службениците и работниците на државните органи во Републиката (републички, околиски и општински органи) до донесувањето на посебни прописи.\nСобранието по своето конституирање ќе образува посебна комисија која ќе се грижи за подготвување и поднесување на прописи за усогласување на сегашните републички закони и други републички прописи со Уставот.Комисијата од претходниот став се образува од редот на членовите на Републичкиот собор, на Извршниот совет и на функционерите и стручните службеници на републичките органи на управата.Комисијата ќе утврди план за работата на усогласувањето на републичките закони и другите републички прописи со Уставот, водејќи сметка за итноста на усогласувањето со Уставот на односите во одделни области.Предлозите на законите за усогласување што му се поднесуваат на Собранието ги утврдува Комисијата.До образувањето на Комисијата од став 1 од овој член, Извршниот совет ќе образува посебна комисија што ќе приготви матријали нужни за усогласување на републичките прописи со Уставот.\n0.6 VI. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ\nНародното собрание, по донесувањето на овој закон, ќе донесе: Закон за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Закон за изборните единици за избор на пратенизци на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Закон за избор на одборници на општинските и околиските собранија и Закон за организацијата и работењето на Извршниот совет.\nПрвите избори за одборници на општинските и околиските собранија односно на Градското собрание на град Скопје и за пратеници на Собранието ќе се одржат во рок од три месеци од денот на нивното распишување.Одлуката за распишувањето на изборите од претходниот став ја донесува Народното собрание со рамноправно учество на соборите.Републичкиот собор ќе ги именува членовите на републичките изборни комисии за спроведувањето на овие избори.\nПо распишувањето на изборите Народното собрание ќе донесе одлука за своето распуштање.\nНа половината одборници односно пратеници избрани на првите избори по влегувањето во сила на Уставот мандатот им трае две години. Со одлуките односно со законот со кој се утврдуваат изборните единици согласно овој закон ќе се определат изборните единици во кои на одборниците на општинските собранија односно пратениците избрани на првите избори мандатот им трае две години.Околиските собранија односно Градското собрание на град Скопје, во согласност со општинските собранија, ќе утврдат на кои околиски одборници односно одборници на Градското собрание избрани на првите избори мандатот им трае две години.\nИзборот на одборниците на општинските и околиските собранија и на Градското собрание на град Скопје на местото на оние чии мандат трае две години ќе се изврши во април 1965 година, а на местото на оние чии мандат трае четири години во април 1967 година. На одборниците на кои им истекува мандатот, функцијата им престанува на 15 април во годината во која се вршат изборите.Изборот на пратениците на Собранието на местото на оние чии мандат трае две години ќе се изврши во мај 1965 година, а на местото на оние чии мандат трае четири години во мај 1967 година. На пратениците на кои им истекува мандатот, функцијата им престанува на 15 мај во годината во која се вршат изборите.\nОграничувањето на повторниот избор на пратениците, членовите на Извршниот совет и на одборниците на општинските и околиските собранија и Градското собрание на град Скопје, како и ограничувањето на повторното именување на републичките секретари, секретарот на Извршниот совет и другите републички функционери ќе се применува од денот на нивниот избор односно именување според Уставот.На пратениците и на одборниците на општинските и околиските собранија и Градското собрание на град Скопје, избрани на првите избори по влегувањето во сила на Уставот, на кои мандатот им трае две години, не се применуваат за наредниот изборен период одредбите на Уставот за ограничување на повторниот избор.\nСтатутите на општините, околиите и Град Скопје, ќе се донесат според Уставот во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон.\nВрховниот суд на Народна Република Македонија продолжува со работа како Врховен суд на Македонија.\nДржавните органи ќе ги изменат печатите, штембилите и жиговите најдоцна во рок од една година од влегувањето во сила на Уставот.Грб на Социјалистичка Република Македонија можат да имаат само државни органи, а од работните и другите организации само оние за кои тоа ќе се определи на основа закон.\nПокрај законите односно одделните нивни одредби чии престанок се утврдува со овој закон, со неговото влегување во сила се укинуваат:1. Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година во делот што беше во важност до денот на влегувањето во сила на Уставот на Социјалистичка Република Македонија;2. Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија од 2-II-1953 година (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 3/1953, 29/1953 и 10/1954) доколку одделни негови одредби не се привремено задржани во сила на основа овој закон;3. Законот за спроведување на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на НРМ од 2-II-1953 година (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 3/1953).\nОдредбите на овој закон по прашањата што според Уставот се уредуваат со закон, можат да се менуваат односно укинуваат со закон.\nОвој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Народното собрание на Народна Република Македонија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281963%29", "word_count": 3077, "cyrillic": 0.994}
{"id": "9199", "title": "Уставен закон за изменување и дополнување уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на СР Македонија (1972)", "text": "Во Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани од XV до XXXIX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 40/1971 и 4/1972) во член 5, ред 2 зборовите: &bdquo;1972 година&ldquo; се заменуваат со: &bdquo;1973 година&ldquo;.\nВо член 6, ставот 1 се менува и гласи:&bdquo;До донесувањето на соодветни републички закони, а најдоцна до 31. XII. 1973 година, во Социјалистичка Република Македонија ќе се применуваат како републички закони следните сојузни закони, освен нивните одредбите што, според член 16 од Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани од XX до XLI, остануваат во сила како одредби на сојузни закони, и тоа:1. Основниот закон за филмот (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 30/1962 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1965);2. Основниот закон за филмскиот придонес (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 30/1968);3. Основниот закон за утврдување на вредноста на станбените згради, станевите и деловните простории (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 34/1965);4. Основниот закон за стопанското работење (стопанисување) со станбените згради во општествена сопственост (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 35/1965 и 50/1968);5. Основниот закон за посвојување (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 30/1947 и 24/1952 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);6. Основниот закон за занаетчиските и другите определени видови задруги (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);7. Основниот закон за односите на родителите и децата (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 104/1947, 11/1951, 53/1956 и 4/1957 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);8. Основниот закон за издавачките претпријатија и издавачките установи (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 44/1959 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);9. Основниот закон за новинарските претпријатија и установи (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 29/1956 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);10. Основниот закон за заштита на воздухот од загадување (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 30/1965);11. Основниот закон за радиодифузните установи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);12. Основниот закон за заштита на културните споменици (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1965);13. Основниот закон за искористување на селско-стопанското земјиште (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 25/1965 и 12/1967);14. Основниот закон за земјоделските задруги (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 13/1965 и 7/1967);15. Основниот закон за станбените задруги (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 1/1968 и 50/1968);16. Основниот закон за здобивање со право на сопственост на земјоделски орудија и за користење на земјоделски орудија од страна на граѓани (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 7/1967);17. Основниот закон за придонесот на средствата за заедничка потрошувачка (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 54/1967, 24/1968 и 50/1968);18. Основниот закон за установите (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1965, 50/1968 и 55/1969);19. Основниот закон за семето (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 13/1965);20. Основниот закон за садниот материјал (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 40/1966);21. Основниот закон за тутунот (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1965 и 25/1970);22. Основниот закон за квалитетот и контролата на квалитетот на вештачките ѓубриња (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 18/1964);23. Основниот закон за виното (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 27/1965);24. Законот за определување на градежното земјиште во градовите и населбите од градски карактер (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1968 и 20/1969);25. Законот за стручните називи и академските степени (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 13/1963);26. Законот за селскостопанскиот земјишен фонд од општествена сопственост и за доделување земја на селскостопанските организации (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 22/1953 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);27. Законот за станбените односи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1968 и 32/1968);28. Законот за задолжително опфаќање на ризикот од земјотрес во одделни видови осигурување (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 7/1967 и 20/1969);29. Законот за деловните згради и простории (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 43/1965 и 57/1965);30. Законот за испитување и жигосување односно обележување на рачно огнено оружје и муниција (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 20/1969);31. Законот за амортизација на основните средства на работните организации (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 29/1966, 30/1968, 50/1968, 17/1969, 20/1969 и 42/1969);32. Законот за стопите на амортизацијата на основните средства на работните организации (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 52/1966, 40/1968, 50/1968, 8/1969 и 42/1969);33. Законот за работењето на стопанските единици на казнено-поправителните установи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 50/1969);34. Законот за укнижување на недвижностите во општествена сопственост (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1965);35. Основниот закон за правната положба на верските заедници (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 22/1953 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);36. Основниот закон за организацијата и финансирањето на социјалното осигурување (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 24/1965, 57/1965, 29/1966, 52/1966, 12/1967, 54/1967 и 15/1971);37. Основниот закон за угостителската дејност (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 8/1965, 15/1968 и 30/1968);38. Основниот закон за изградба инестициони објекти (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 20/1967, 30/1968, 55/1969, 60/1970 и 24/1971);39. Основниот закон за ловството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);40. Основниот закон за насочување и издвојување на средствата за станбена изградба (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 60/1970);41. Основниот закон за организацијата и финансирањето на запослувањето (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965, 51/1965, 47/1966, 55/1969 и 9/1970);42. Основниот закон за рударството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 9/1966);43. Основниот закон за шумите (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 26/1965);44. Основниот закон за водите (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 13/1965, 50/1968 и 60/1970);45. Основниот закон за организацијата на превозот со моторни возила во друмскиот сообраќај (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 27/1965 и 30/1968);46. Основниот закон за искористувањето на луките и пристаништата (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 2/1968);47. Основниот закон за јавните патишта (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 27/1965, 7/1967 и 10/1970);48. Основниот закон за финансирањето на општествено-политичките заедници (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 31/1964, 28/1966, 1/1967, 54/1967, 30/1968, 56/1969, 32/1970, 60/1970 и 15/1971);49. Основниот закон за прекршоците (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 26/1965, 57/1965 и 15/1967);50. Законот за искористување на воздухопловните пристаништа (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1964);51. Основниот закон за бракот (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 28/1965);52. Основниот закон за старателството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);53. Законот за експропријацијата (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1968, 30/1968 и 32/1970);54. Законот за наледувањето (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 42/1965 и 47/1965);55. Законот за печатот и за другите видови информации (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 45/1960 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);56. Основниот закон за средствата за работа на органите на управата (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 46/1964, 57/1965 и 1/1967);57. Основниот закон за електростопанството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 17/1967, 9/1968 и 50/1968);58. Основниот закон за пазарната инспекција (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1965 и 30/1968);59. Законот за организацијата на Југословенските железници (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1966, 50/1968, 55/1968 и 10/1970);60. Законот за избирачките списоци (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1965 и 8/1969);61. Законот за гробиштата на борците (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 52/1961 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 9/1965);62. Законот за прогласување на исчезнатите лица за умрени и за докажување на смртта (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 24/1952);63. Законот за данокот на добивка на странски лица што вложуваат средства во домашна стопанска организација за заедничко работење (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 31/1967 и 9/1968);64. Законот за сопственоста со делови од згради (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 43/1965 и 57/1965);65. Основниот закон за заштита при работа (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965 и 28/1966);66. Законот за промет со земјишта и згради (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 43/1965, 57/1965 и 17/1967);67. Основниот закон за работните односи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1970), освен одредбите што се во надлежност на Федерацијата;68. Основниот закон за здравствениот надзор над производите за општата употреба (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);69. Основниот закон за здравствениот надзор над прехранбените производи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 34/1965)&ldquo;.\nЧлен 9 се менува и гласи:&bdquo;До 31. XII. 1973 година ќе се усогласат со Уставните амандмани следните републички закони односно нивните одредби, со кои се уредени прашањата од точка 6 на Амандманот XXX, и тоа:1. Законот за здравственото осигурување и задолжителните видови на здравствена заштита на населението (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 21/1971);2. Законот за регионално, просторно и урбанистичко планирање (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 7/1965 и 16/1967);3. Законот за условите и начинот за остварување на првенствено право за користење на градежно земјиште (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 8/1970);4. Законот за гробиштата (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 34/1960 и &bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 17/1965);5. Законот за оџарската дејност (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 31/1961 и 1/1962 и &bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 4/1965);6. Законот за јавните патишта (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 35/1967);7. Законот за стопанисување и управување со станбените згради во општествена сопственост (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 12/1966);8. Законот за постапката за распишување и спроведување на референдум (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 29/1969);9. Законот за мировните совети (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 21/1968)&ldquo;.\nВо член 10, ред 6, зборовите: &bdquo;1972 година&ldquo; се заменуваат со: &bdquo;1973 година&ldquo;.\nОвој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Социјалистичка Република Македонија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8_XV_%D0%B4%D0%BE_XXXIX_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%A0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281972%29", "word_count": 2111, "cyrillic": 0.882}
{"id": "9528", "title": "Сонет 18 (Вилијам Шекспир)", "text": "Треба ли да те споредувам со денот летен?\nТи си ми поубав, постишен мошне,\nгрубо луњиште милите пупки ги тресе,\nа летото реимот брза да го кошне.\nНапати со жега окото небесно нѐ љуби,\nно често не блешти, ликот му е матен;\nсекој личник личбината ја губи,\nод природата менлива, нафаката, тратен.\nНо твоето лето вечно ќе трае,\nи убавината што те краси нема да згасне;\nи смртта без тебе непофалена ќе чмае\nкога во стихов со времето ќе сраснеш.\nДури дише човекот и мениве ги трпи,\nќе живее и песнава, живот од неа ќе црпиш.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%82_18_%28%D0%92%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BC_%D0%A8%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%80%29", "word_count": 96, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9197", "title": "Уставен закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1971)", "text": "0.1 I. Примена на Уставните амандмани\nУставните амандмани XV до XXXIX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија (Уставни амандмани) се применуваат од денот кога ќе ги прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, ако во поглед на спроведувањето и преминувањето кон примена на одделни нивни одредби со овој закон не е поинаку одредено.\nСо денот кога Републичкиот собор ќе ги прогласи Уставните амандмани, престануваат да важат одредбите на републичките закони што се во спротивност со одредбите на Амандманот XVIII и Амандманот XIX кои се однесуваат на правото на работните луѓе на организирање основни организации на здружениот труд, на стекнување и распределба на доходот и на средствата на општествената репродукција, како и на правото на основните организации на здружениот труд на нивно здружување.\nОдредбите на републичките закони и на другите републички прописи што не се во склад со Уставните амандмани ќе се усогласат со нив во рокот определен со овој закон.\nРепубличките закони односно нивните одредби со кои се утврдени прашања од точка 6 на Амандманот XXX ќе се применуваат до нивното усогласување со Уставните амандмани.\n0.2 II. Уредување на односите во областите регулирани со сојузните закони што престануваат да важат\nДо донесувањето на соодветен републички закон, а најдоцна од 31. XII. 1972 година, во Социјалистичка Република Македонија, ќе се применуваат на сите организации на здружениот труд како одредби на републички закон следните одредби на Основниот закон за претпријатијата (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 17/1965, 31/1967, 48/1968, 55/1969 и 15/1971): членовите 90, до 94 и 116, член 153 став 5 до 7 и член 262, како и одредбите на член 131.\nДо донесувањето на соодветни републички закони, а најдоцна до 31. XII. 1972 година, во Социјалистичка Република Македонија, ќе се применуват како републички закони следните сојузни закони, освен нивните одредби што, според став 2 и 3 на член 16 од Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XX до XLI, остануваат во сила како одредби на сојузни закони, и тоа:1. Основниот закон за јавните собори (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; 16/1965);2. Основниот закон за премерот и катастарот на земјиштето (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);3. Основниот закон за филмот (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 30/1962 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1965);4. Основниот закон за филмскиот придонес (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 30/1968);5. Основниот закон за утврдување на вредноста на станбените згради, станевите и деловните простории (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 34/1965);6. Основниот закон за стопанското работење (стопанисувањето) со станбените згради во општествена сопственост (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 35/1965 и 50/1968);7. Основниот закон за посвојување (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 30/1947 и 24/1952 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);8. Основниот закон за игрите на среќа (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 22/1962 и &bdquo;Службен весник на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);9. Основниот закон за данокот на добивки од игри на среќа (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 52/1964);10. Основниот закон за занаетчиските и другите определени видови задруги (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);11. Основниот закон за односите на родителите и децата (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 104/1947, 11/1951, 53/1956 и 4/1957 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);12. Основниот закон за задолжително примање на приправници во работните организации (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 54/1967, 2/1968 и 26/1968);13. Основниот закон за издавачките претпријатија и издавачките установи (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 44/1959 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);14. Основниот закон за новинарските претпријатија и установи (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 29/1956 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);15. Основниот закон за заштита на воздухот од загадување (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 30/1965);16. Основниот закон за радиодифузните установи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);17. Основниот закон за доставување печатени работи до определени установи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);18. Основниот закон за заштита на културните споменици (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1965);19. Основниот закон за утврдување на катастарски приход (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 52/1964);20. Основниот закон за искористување на селскостопанското земјиште (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 25/1965 и 12/1967);21. Основниот закон за земјоделските задруги (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 13/1965 и 7/1967);22. Основниот закон за станбените задруги (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 1/1968 и 50/1968);23. Основниот закон за здобивање со право на сопственост на земјоделски орудија и за користење на земјоделски орудија од страна на граѓани (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 7/1967);24. Основниот закон за придонесот на средствата за заедничка потрошувачка (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 54/1967, 24/1968 и 50/1968);25. Основниот закон за санитарната инспекција (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);26. Основниот закон за установите (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1965, 50/1968 и 55/1969);27. Основниот закон за семето (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 13/1965);28. Основниот закон за садниот материјал (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 40/1966);29. Основниот закон за тутунот (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1965 и 25/1970);30. Основниот закон за квалитетот и контролата на квалитетот на вештачките ѓубриња (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 18/1964);31. Основниот закон за виното (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 27/1965);32. Законот за определување на градежното земјиште во градовите и населбите од градски карактер (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1968 и 20/1969);33. Законот за стручните називи и академските степени (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 13/1963);34. Законот за минималниот личен доход (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 6/1965, 26/1968, 51/1968, 60/1970 и 7/1971);35. Законот за селскостопанскиот земјишен фонд од општествена сопственост и за доделување земја на селскостопанските организации (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 22/1953 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);36. Законот за станбените односи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1968 и 32/1968);37. Законот за задолжително опфаќање на ризикот од земјотрес во одделни видови осигурување (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 7/1967 и 20/1969);38. Законот за деловните згради и простории (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 43/1965 и 57/1965);39. Законот за испитување и жигосување односно обележување на рачно огнено оружје и муниција (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 20/1969);40. Законот за амортизација на основните средства на работните организации (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 29/1966, 30/1968, 50/1968, 17/1969, 20/1969 и 42/1969);41. Законот за стопите на амортизацијата на основните средства на работните организации (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 52/1966, 40/1968, 50/1968, 8/1969 и 42/1969);42. Законот за работењето на стопанските единици на казнено-поправителните установи (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 50/1969);43. Законот за укнижување на недвижностите во општествена сопственост (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1965);44. Законот за заверување на потписи, ракописи и преписи (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 105/1947 и 50/1949 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965 и 7/1967);45. Основниот закон за правната положба на верските заедници (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 22/1953 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965);46. Основниот закон за правосудниот испит (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1967);47. Основниот закон за организацијата и финансирањето на социјалното осигурување (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 24/1965, 57/1965, 29/1966, 52/1966, 12/1967, 54/1967 и 15/1971);48. Основниот закон за угостителската дејност (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 8/1965, 15/1968 и 30/1968);49. Основниот закон за изградба инестиционите објекти (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 20/1967, 30/1968, 55/1969, 60/1970 и 24/1971);50. Основниот закон за придонесот за користење градско земјиште (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 51/1967 и 11/1969);51. Основниот закон за ловството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);52. Основниот закон за насочување и издвојување на средствата за станбена изградба (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 60/1970);53. Основниот закон за комуналните такси (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 52/1964);54. Основниот закон за здруженијата на граѓани (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);55. Основниот закон за евиденцијата на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 8/1965);56. Основниот закон за организацијата и финансирањето на запослувањето (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965, 51/1965, 47/1966, 55/1969 и 9/1970);57. Основниот закон за рударството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 9/1966);58. Основниот закон за шумите (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 26/1965);59. Основниот закон за водите (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 13/1965, 50/1968 и 60/1970);60. Основниот закон за организацијата на превозот со моторни возила во друмскиот сообраќај (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 27/1965 и 30/1968);61. Основниот закон за искористувањето на луките и пристаништата (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 2/1968);62. Основниот закон за јавните патишта (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 27/1965, 7/1967 и 10/1970);63. Основниот закон за финансирањето на општествено-политичките заедници (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 31/1964, 28/1966, 1/1967, 54/1967, 30/1968, 56/1969, 32/1970, 60/1970 и 15/1971);64. Основниот закон за придонесите и даноците на граѓаните (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 13/1970);65. Основниот закон за данокот на промет за недвижности и права (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1965 и 32/1968);66. Основниот закон за прекршоците (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 26/1965, 57/1965 и 15/1967);67. Законот за искористување на воздухопловните пристаништа (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1964);68. Основниот закон за бракот (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 28/1965);69. Основниот закон за старателството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 16/1965);70. Законот за експропријација (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 11/1968, 30/1968 и 32/1970);71. Законот за наледувањето (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 42/1965 и 47/1965);72. Законот за личното име (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 8/1965);73. Законот за набавување, држење и носење на оружње (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 52/1967);74. Законот за нострификација на школските сведителства здобиени во странство (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1967);75. Законот за печатот и за другите видови информации (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 45/1960 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 15/1965);76. Основниот закон за средствата за работа на органите на управата (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 46/1964, 57/1965 и 1/1967);77. Основниот закон за електростопанството (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 17/1967, 9/1968 и 50/1968);78. Основниот закон за пазарната инспекција (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 12/1965 и 30/1968);79. Основниот закон за судските такси (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 16/1960 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 10/1965 и 8/1969);80. Основниот закон за административните такси (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 14/1965, 11/1966, 54/1967, 51/1968 и 52/1969);81. Законот за организацијата на Југословенските железници (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1966, 50/1968, 55/1968 и 10/1970);82. Законот за избирачките списоци (&bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 5/1965 и 8/1969);83. Законот за гробиштата на борците (&bdquo;Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија&ldquo; број 52/1961 и &bdquo;Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија&ldquo; број 9/1965).\nДо донесувањето на соодветени републички прописи, прописите донесени од сојузните органи за извршување на сојузните закони од членовите 5 и 6 на овој закон, ќе се применуваат како републички прописи за извршување на тие закони.\nОвластувањата на сојузните органи за извршување и применување на сојузните закони од членовите 5 и 6 на овој закон ќе се применуваат како овластувања на соодветните републички органи.\n0.3 III. Усогласување на републичките закони\nДо 31. XII. 1972 година ќе се усгласат со Уставните амандмани следните републички закони односно нивните одредби со кои се уредени прашања од точка 6 на Амандманот XXX, и тоа:1. Законот за здравственото осигурување и задолжителните видови на здравствена заштита на населението (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 21/1971);2. Законот за регионално, просторно и урбанистичко планирање (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 7/1965 и 16/1967);3. Законот за уредување и користење на градежното земјиште (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 26/1968 и 20/1971);4. Законот за придонесот за користење на градско земјиште (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 17/1969);5. Законот за условите и начинот за остварување на првенствено право за користење на градежно земјиште (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 8/1970);6. Законот за уредување и одржување на зелените површини (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 45/1968 и 4/1970);7. Законот за гробиштата (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 34/1960 и &bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 17/1965);8. Законот за оџарската дејност (&bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo; број 31/1961 и 1/1962 и &bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 4/1965);9. Законот за јавните патишта (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 35/1967);10. Законот за стопанисување и управување со станбените згради во општествена сопственост (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 12/1966);11. Законот за постапката за распишување и спроведување на референдум (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 29/1969);12. Законот за мировните совети (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 21/1968).\n3аконот за финансирање на образованието и воспитувањето (&bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo; број 9/1967, 5/1968 и 17/1971) ќе се применува до склучувањето на самоуправните спогодби и договори односно до донесувањето на законот според точка 6 од Амандманот XVIII, а најдоцна до 31. XII. 1972 година.\nРепубличките закони што не се наведени во членовите 9 и 10 на овој закон, ќе се усогласат со Уставните амандмани до 31. XII. 1973 година.\nПрописите за извршување на републичките закони што според овој закон се усогласуваат со Уставните амандмани, ќе се усогласат едновремено со соодветниот републички закон, а најдоцна во рок од три месеци од денот на неговото усогласување.\n0.4 IV. Републички органи\nИзборот и конституирањето на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија во склад со Амандманот XXXVIII, ќе се изврши до 31. XII. 1971 година.Законот за Извршниот совет и Законот за републичките органи на управата, ќе се донесат во рокот од претходниот став.\nПратеник на Собранието на Социјалистичка Република Македонија што ќе биде избран за претседател или за член на Извршниот совет според член 13 став 1 од овој закон, по исклучок го задржува пратеничкиот мандат до неговото истечување.\n0.5 V. Други одредби\nОвој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8_XV_%D0%B4%D0%BE_XXXIX_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281971%29", "word_count": 2960, "cyrillic": 0.899}
{"id": "9524", "title": "Леток на Комунистичката партија на Албанија по повод бесењето на шестмината македонски партизани", "text": "''Леток на Комунистичката партија на Албанија по повод бесењето на шестмината македонски партизани''\nНароде на Тирана, шест Македонци, борци за слобода, ги бесат денес фашистичките колачи на тиранската земја. Народе на Тирана, на својата земја си ги видел обесени од фашистичките џелати твоите почитувани синови: Шукри Ишма, Амид Шијак, Ферит Џајо и Никола Тупе; на својата земја си видел како се убиени како лавови војувајќи за\nслободата на Татковината: Ќемал Стефа, Војо Куши, Садек Ставелци, Џорџ Мартини, Мисто Мане, Михал Дури и други; на твојата земја сега гледаш обесени, исто така од крвавите раце на фашистичките колачи, шест деца од македонски мајки, кои војуваа, исто така како твоите синови, со иста душа на самопрегор и жртви против фашистичкиот окупатор и против предавниците, а за слобода на својата Татковина. Тероризмот извршен над тие шестмина македонски херои на албанска земја, поради истата идеја - за ослободување од фашистичкото ропство, нè прават уште повеќе да бидеме солидарни, со соседните народи нè сврзуваат со заеднички пролеаната крв. Борбата на тие херои е и наша борба, тоа е народноослободителната борба на потиснатите народи против поробувачкиот фашизам и против неговите квислинзи.\nПротестираме сите заедно против ова срамно злосторство, против владата Либокова - Кол Биба, против балканските квислинзи, кои се десна рака на фашизмот на Балканот и заколнати непријатели на народите, против криминалната алијанса на предавниците Либокова - Кол, Биба - Мер, Лика - Борис - Антоанеску - Павелиќ - Недиќ, против заедницата на балканските терористи со фашистичкиот окупатор.\nДолу фашистичките окупатори и нивните квислинзи!\nДа живее единството на потиснатите народи во борбата за слобода!\nСмрт на фашизмот - Слобода на народот!\n1 Наводи", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D0%BE_%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4_%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D1%88%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8", "word_count": 258, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9379", "title": "Отворено писмо до Крсто Коњушки", "text": "1 Отворено писмо до Крсто Коњушки\"Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006, 63-66 стр.\"*\n''*Писмото оригинално било објавено во весникот „Октобрис“ бр. 4-5, октомври 1942''\nОтворено писмо\nдо слугата на бугарските фашистички окупатори,\nврховистичкиот војвода\nНароден предавнику,\nТешка е и мачна положбата на македонскиот народ, безработица, беда и умирањето за парче леб предвреме тера во гроб илјадници луѓе. За сето ова е виновна Хитлеровата банда и нејзините помагачи, која сака да ги пороби слободољубивите народи. Таа нова чума, што направи милиони гробови, што изврши нечуени ѕверства и истреби многу народи се вика германска фашистичка армија. Додека сите поробени народи пиштат, лелекаат и умираат нечовечно мачени по концентрационите логори и апсани и додека крвавиот фашизам на чело со убиецот на децата и на Словените, Хитлер им носи смрт на поробените народи, глад терор и бесилки, ти по своите години не престануваш да го фалиш него, по чија наредба се пљачка и ограбува златното жито на нашиот селанец.\nМакедоно-убиецу,\nКрасна и убава е македонската земја. Високи и големи се нејзините планини во кои долго се криеја борците на слободна Македонија. Широки и лебородни се нашите полиња по кои како море се лулее житото, алтан жолт тутун, велешко-скопскиот афион, кочанскиот ориз и струмичкиот памук. Македонија, земја испрскана со крвта на нејзините најарни синови, заедничка татковина на поробените од фашистите македонски, турски, албански, влашки и цинцарски народи, роди и одгледала верни бранители на нејзината чест и име, апостоли на нејзиното ослободување. На нејзините гради израсна еден од најдостојните синови на македонскиот народ, Гоце Делчев, кој подмолно предаден од врховистите херојски загина во борба со поробувачите. Низ нејзините планини гордо одеше Јане Сандански. Таа роди и одгледа столбови на своето ослободување, но и предавници на народот-престапници-врховисти: Борис Сарафов, генералот Цончев, капетанот Јанков, Лозанчев, крвопиецот и предавникот Ванчо Михајлов на чија совест лежат и над 3.000 убиени централисти од Петричко. Таа роди арамија и предавник како што си ти, кој по наредба на своите чорбаџии го подготвуваш уште еднаш својот крвав нож да го забие во грбот на македонскиот народ.\nИзроде на македонскиот народ!\nДодека турските бегови ги грабаа убавиците по нивите, а полјаците му го силуваа женското чедо на нашиот селанец, ти одеше со својата чета по патиштата и доловите носејќи пушка, но против кого и за кого? Му велеше на народот: „Само Турчин да се изгони“, а помаган од Фердинандовиот режим му довикуваше: „Бугарија ќе нè ослободи“. Да, ти се бореше да се симне ропскиот јарем на Абдул-Хамидовиот апсолутизам од вратот на македонскиот народ и да се замени со нов од Фердинандовиот деспотизам.\nНародот не им фрла кал во лицето на своите достојни синови. Во многу песни тој ги испеа херојските подвизи на своето мило чедо Гоце Делчев и го овековечи, ги рашири градите и направи место за неговото име што вечно ќе живее во неговата душа. Така нашиот народ им се оддолжуваше на оние што се бореа и го дадоа својот живот за неговото ослободување. А ти, каде си и што си? Тебе како предавник на народот те зграбија во своите канџи бугарските империјалисти за, потпирајќи се на твојот грб, да го клукаат и ограбуваат нашиот настрадан македонски народ. Што направи ти кога на Македонија ѝ ставија нога бугарските ограбувачи? Ја симна пушката од рамо и слезе в град кајшто те дочекаа гладните Фердинандови кучиња. Да, така стана, зашто ти како врховист не можеше друго да сториш, туку да се бакнуваш со новите пљачкаши-бугарските окупатори. Ти се помири со новото ропство, бидејќи се бореше за поробување.\nСигурно винчани и пчињани не те хранеа и пресоблекуваа за туѓинска нога да гази по градите на македонскиот народ и да ја задушува народната борба за слободна Македонија. Мажите и жените не беа мачени и со мокро јаже до умирање тепани за тоа ти да одиш рака под рака со бугарските окупатори. На народот, што ти носеше по кории погачи и печени кокошки не му останува ништо друго кога му го сврте грбот, туку да те нарече кокошкар. Да, тој има право и не се лаже. И твојата мајка, ако знаеше дека ќе станеш предавник, ќе те проколнеше и тебе и млекото, оти роди син кој ја извалка нејзината чест, честа на македонскиот народ.\nСлуго на крвникот Борис!\nИ кога тркалото на историјата се заврте и фердинандовците беа смачкани и истерани од Македонија, ти како Фердинандово верно куче избега од неа, бидејќи омразен од народот, гледаше барем главата да си ја извлечеш. Таму, во Бугарија, пред тебе се создаде нова кланица, а твојот касапски нож ги сечеше и колеше најарните синови на братскиот бугарски народ. Да, твојата рака закла и помогна да се исколат многу борци против крвавата Борисова тиранија. Софиските улици се испрскаа со ВМРО-овска крв. Бугарскиот народ знаеше за тие убиства што не беа дело на централистите, туку на расипоќуниците врховистите кон пред и на Илинден и помогнаа на Фердинандовата банда да ја задуши национално-ослободителната борба на македонскиот народ, а по дваесет години, на синот му крвник Борис, да ги искасапи борците против нивната тиранија.\nПартизано-убиецу!\nДенес, кога империјалистичката нога на бугарските фашистички окупатори, со помош на ѕверот Хитлер, одново стапна на македонската земја, твоите чорбаџии се најдоа во зорт и побараа од тебе совет за да помогнеш. Ти не се двоумеше и им помогна. На твојата совест останаа уште неколку отепани синови на поробена Македонија. Додека некои мајки, ноќе зад врата и капиџик, ги бакнуваа своите синови гордеејќи се што појдоа по стапките на дедовците и татковците кои тргнаа по големиот пат за слободна Македонија, ти отрча во полицијата за да ги упатиш своите чорбаџии - бугарските фашисти како можат најбрзо да ги уништат новите илинденци, кумановските партизани и не само од раката на крвавите фашистички окупатори, туку и од твојата рака. Нивната смрт тешко одекна во Македонија, а нашиот народ ја зголеми омразата против бугарските фашистички поробувачи.\nСтар арамијо!\nЗнај дека се приближува денот кога Македонија ќе биде слободна, што ќе претставува смрт за твоите чорбаџии и крај на твоите гнасни работи. Германската фашистичка ала што ја помагаат филовци, ванчо-михајловци, павелиќевци, недиќевци и Петени смртно е ранета и е пред својата умирачка. За да му бидеш уште поверен на својот сајбија, германскиот принц, омразениот Борис, неговите агенти, го принудуваат работниот народ од Куманово и селата да дава пари, своја мака и пот, овци, брави, волна и друго. Бугарските окупатори ги опљачкаа нашите граѓани и селани од Кумановската околија со повеќе од половина милион лева само тебе да ти угодат. Ти не се засрами да ги примиш од народот насила одземените пари. И уште нешто - му благодариш на Борис за медалот со кој те одликува за твоите крвави и гнасни работи. Ти се збогати со народна беда и мака. Со парите тие те натераа да создадеш чета што ќе се бори против денешните македонски партизани. Ти не ќе се двоумиш и ќе ги послушаш, но знај дека партизанскиот оган, што тлееше на Карадаг, на Лисец и Пелистер нема сила што ќе го угасне. Македонскиот народ, заедно со своите браќа од Југославија, ќе го пали и потпалува сè додека германски-италијанските фашисти и народни предавници не најдат смрт.\nСАМО СО ПАРТИЗАНСКА БОРБА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ИМ СЕ ОДДОЛЖИ НА СВОИТЕ СЛОВЕНСКИ БРАЌА РУСИ, БЕЛОРУСИ И УКРАИНЦИ, НА ЦРВЕНАТА АРМИЈА И НЕЈЗИНИТЕ СОЈУЗНИЦИ, АНГЛО-АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА И БОРЕЈЌИ СЕ ПРОТИВ ФАШИЗМОТ ЌЕ СИ ГО ЗАЗЕМЕ СВОЕТО ДОСТОЈНО МЕСТО ВО ОПШТИОТ АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ, ЌЕ ГО ИСЧИСТИ ОД СИТЕ ПРЕДАВНИЦИ И ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА.\n2 Наводи", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%B4%D0%BE_%D0%9A%D1%80%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%9A%D0%BE%D1%9A%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B8", "word_count": 1234, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7669", "title": "Устав на Република Северна Македонија (Пречистен текст)", "text": "Неофицијалниот пречистен текст на Уставот на Република Северна Македонија ги опфаќа: Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991), Амандманите I и II на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 1/1992), Амандманот III на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 31/1998), Амандманите IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 91/2001), Амандманот XIX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 84/2003), Амандманите XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX и XXX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 107/2005), Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 3/2009), Исправката на Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија,(„Службен весник на Република Македонија“ број 13/2009), Амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 49/2011), Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019) и Објавата („Службен весник на Република Македонија“ број 36/2019), во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена.\n1 Устав на Република Северна Македонија\n======\nГраѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на с&egrave; што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Северна Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој\nУСТАВНА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА\n1.1 I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ\nРепублика Северна Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.Суверенитетот на Република Северна Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.\nВо Република Северна Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.Граѓаните на Република Северна Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.\nТериторијата на Република Северна Македонија е неделива и неотуѓива.Постојната граница на Република Северна Македонија е неповредлива.Границата на Република Северна Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.Република Северна Македонија нема територијални претензии кон соседните држави..Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.\nГраѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија.На државјанин на Република Северна Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту може да биде протеран од Република Северна Македонија. Државјанин на Република Северна Македонија не може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор, со одлука на суд.Државјанството на Република Северна Македонија се уредува со закон.\nДржавни симболи на Република Северна Македонија се: грб, знаме и химна.Грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nГлавен град на Република Северна Македонија е Скопје.\nНа целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.Во органите на државната власт во Република Северна Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.\nТемелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија се:- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;- слободното изразување на националната припадност; соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа;- владеењето на правото;- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;- правната заштита на сопственоста;- слободата на пазарот и претприемништвото;- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;- локалната самоуправа;- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.Во Република Северна Македонија слободно е с&egrave; што со Уставот и закон не е забрането.\n1.2 II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ\n1.2.1 1. Граѓански и политички слободи и права\nГраѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.\nЖивотот на човекот е неприкосновен.Во Република Северна Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.\nФизичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.Се забранува присилна работа.\nСлободата на човекот е неприкосновена.Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.Притворот до подигнување на обвинението, по одлука на суд, може да трае најдолго 180 дена од денот на притворувањето.По подигнување на обвинението, притворот го продолжува или го определува надлежниот суд во случај и во постапка утврдени со закон.Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде пуштено да се брани од слобода.\nЛицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино с&egrave; додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања.Против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон.\nНикој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.\nСе гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон.\nСе гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.Цензурата е забранета.\nСе гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација.Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и другите облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката.Законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСе гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци.На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.\nСе гарантира слободата на вероисповеста.Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Северна Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон.Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Северна Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.\nНа граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Северна Македонија.\nГраѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.\nСекој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.\nСекој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.\nСекој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор.Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.\nНа секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.\nСе гарантира неповредливоста на домот.Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.\nСекој граѓанин на Република Северна Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката.Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.\nОдбраната на Република Северна Македонија е право и должност на секој граѓанин.Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.\nСтранците во Република Северна Македонија уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори.Републиката им гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство, прогонети заради демократско политичко уверување и дејствување.Екстрадиција на странец може да биде извршена само врз основа на ратификуван меѓународен договор и врз начелото на реципроцитет. Странец не може да биде екстрадиран заради политичко кривично дело. Дејствијата на тероризам не се сметаат за политички кривични дела.\n1.2.2 2. Економски, социјални и културни права\nСе гарантира правото на сопственост и правото на наследување.Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.\nСтранско лице во Република Северна Македонија може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон.\nСекој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.Секој вработен има право на соодветна заработувачка.Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.\nСекој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.\nГраѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.\nРепубликата се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани.Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.\nРепубликата им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.Посебните права се уредуваат со закон.\nЗаради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации.Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.\nСе гарантира правото на штрајк.Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.\nНа секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.\nРепубликата му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон.Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители.Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.\nПраво на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца.Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.\nРепубликата посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено.Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа.Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот.\nСекој човек има право на здрава животна средина.Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.\nСекој има право на образование.Образованието е достапно на секого под еднакви услови.Основното образование е задолжително и бесплатно.\nГраѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.\nНа универзитетот му се гарантира автономија.Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.\nСе гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид интелектуално творештво.Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој.Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот.\nПрипадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница.Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.Припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик.\nРепубликата ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината.Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.\n1.2.3 3. Гаранции на основните слободи и права\nСекој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Северна Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита.\nВо Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.\nЗаконите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.Законите и другите прописи се објавуваат во &bdquo;Службен весник на Република Северна Македонија&rdquo; најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.\nАдвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.\nСлободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.\n1.2.4 4. Основи на економските односи\nСе гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.\nСите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Северна Македонија и на сите заедници во Северна Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.\nРепубликата го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој, како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја.\nСопственоста на трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.Учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.\nНа странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката.Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис.\nНародната банка на Република Северна Македонија е емисиона банка.Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство.Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.\n1.3 III. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ\nJovan mitev e najgolem gjuptin\nСобранието на Република Северна Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката.Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот.\nСобранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници.Пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување.Пратеникот не може да биде отповикан.Начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nПратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.\nПратениците уживаат имунитет.Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.Пратеникот има право на надомест утврден со закон.\nПратеникот може да поднесе оставка.Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието.На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСобранието е во постојано заседание.Собранието работи на седници.Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Собранието.Собранието донесува деловник со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСобранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и со Деловникот на Собранието.Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката.\nСобранието на Република Северна Македонија:- го донесува и изменува Уставот;- донесува закони и дава автентично толкување на законите;- ги утврдува јавните давачки;- донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;- донесува просторен план на Републиката;- ратификува меѓународни договори;- одлучува за војна и мир;- донесува одлука за менување на границата на Републиката;- донесува одлука за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;- распишува референдум;- одлучува за резервите на Републиката;- основа совети;- избира Влада на Република Северна Македонија;- избира судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;- врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон;- врши политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;- дава амнестија и- врши други работи утврдени со Уставот.Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.\nСобранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците.\nСедниците на Собранието се јавни.Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nПраво да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата на Република Северна Македонија и најмалку 10.000 избирачи.Иницијатива за донесување на закон до овластените предлагачи може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија.\nИнтерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на државните органи.Интерпелација можат да поднесат најмалку пет пратеници.Пратеничко прашање може да постави секој пратеник.Начинот и постапката на поднесувањето и расправата по интерпелација и пратеничко прашање се уредуваат со Деловникот.\nСобранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.\nСобранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.\nЗаконите се прогласуваат со указ.Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСобранието основа постојани и повремени работни тела.Собранието може да основа анкетни комисии за сите области и за секое прашање од јавен интерес.Предлог за основање анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници.Собранието основа постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.\nСобранието избира народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби.Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.Условите на избор и разрешување, надлежноста и начинот на работата на народниот правобранител се уредуваат со закон.\nСобранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.Собранието ги избира членовите на Комитетот.Комитетот разгледува прашања од односите меѓу заедниците во Републиката и дава мислења и предлози за нивно решавање.Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да донесе одлука во врска со нив.Во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање во Собранието, утврдена во членот 69 став 2 Комитетот одлучува, со мнозинство гласови од членовите, за тоа дали ќе се спроведе постапката.\n1.3.1 2. Претседател на Република Северна Македонија\nПретседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката.Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија.Претседателот на Републиката своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.\nПретседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот.За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години.\nКандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.\nВо случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Северна Македонија по службена должност.Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.\nДолжноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.Претседателот на Републиката ужива имунитет.За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Северна Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.\nПретседателот на Република Северна Македонија:- го определува мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија;- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Северна Македонија во странство;- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;- предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија;- именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Северна Македонија;- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;- дава помилување во согласност со закон и- врши други функции утврдени со Уставот.\nПретседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно.Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.\nПретседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат: претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. При именувањето на тројцата членови, претседателот ќе обезбеди составот на Советот, како целина, соодветно да го одразува составот на населението во Република Северна Македонија.Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.\nПретседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.\n1.3.2 3. Влада на Република Северна Македонија\nВладата на Република Северна Македонија е носител на извршната власт.Своите права и должности Владата ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.\nВладата ја сочинуваат претседател и министри.Претседателот и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието.Претседателот ужива имунитет. За неговиот имунитет одлучува Собранието.Претседателот и министрите не подлежат на обврска во вооружените сили.Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.Организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон.\nПретседателот на Република Северна Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nВладата на Република Северна Македонија:- ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;- предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието;- предлага просторен план на Републиката;- предлага одлука за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување;- донесува уредби и други прописи за извршување на законите;- утврдува начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, ја насочува и врши надзор над нивната работа;- дава мислење за предлозите на закони и други прописи кои на Собранието му ги поднесуваат други овластени предлагачи;- одлучува за признавање на држави и влади;- воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави;- донесува одлуки за отворање на дипломатско-конзуларни претставништва во странство;- предлага именување амбасадори и пратеници на Република Северна Македонија во странство и именува шефови на конзуларни претставништва;- предлага Јавен обвинител на Република Северна Македонија по претходно мислење од Советот на јавни обвинители;- врши именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон и- врши други работи утврдени со Уставот и со закон.\nВладата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието.Собранието може да изгласа недоверба на Владата.Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници.Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.\nВладата има право да постави прашање за доверба пред Собранието.Владата има право да поднесе оставка.Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта.Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.\nЧлен на Владата има право да поднесе оставка.Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата.За предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.Доколку претседателот на Владата предложи разрешување на повеќе од една третина од членовите на Владата од првобитниот состав, Собранието одлучува како за избор на нова Влада.\nДржавната управа ја сочинуваат министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон.Се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа.Организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nОрганите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.\nСо органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.\n1.3.3 4. Судство\nСудската власт ја вршат судовите.Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.Забранети се вонредни судови.Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nСудијата се избира без ограничување на траењето на мандатот.Судијата не може да биде преместен против својата волја.На судијата му престанува судиската функција:- ако тоа сам го побара;- ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција, што го утврдува Судскиот совет на Република Северна Македонија;- ако ги исполни условите за старосна пензија;- ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеца и- ако е избран или именуван на друга јавна функција, освен кога судиската функција мирува под услови утврдени со закон.Судијата се разрешува:- поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и- поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон.\nСудиите уживаат имунитет.Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.Судија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на Република Северна Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.Судиската функција е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на друга јавна функција или професија утврдена со закон.Се забранува политичко организирање и дејствување во судството.\nВрховниот суд на Република Северна Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите.\nРасправата пред судовите и изрекувањето на пресудата се јавни.Јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон.\nСудот суди во совет.Со закон се утврдува кога суди судија поединец.Во судењето учествуваат и судии поротници кога тоа е утврдено со закон.Судиите поротници не можат да бидат повикани на одговорност за мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.\nСудскиот совет на Република Северна Македонија е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.Советот го сочинуваат петнаесет члена.По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и министерот за правда.Осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.Тројца членови на Советот избира Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.Двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Северна Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Северна Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.Членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Северна Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Северна Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници.Мандатот на избраните членови на Советот трае шест години, со право на уште еден избор.Условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.Функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.\nСудскиот совет на Република Северна Македонија:- ги избира и разрешува судиите и судиите поротници;- утврдува престанок на судиската функција;- ги избира и разрешува претседателите на судовите;- ја следи и оценува работата на судиите;- одлучува за дисциплинската одговорност на судиите;- одлучува за одземање на имунитетот на судиите;- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија од редот на судиите и- врши други работи утврдени со закон.При изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Северна Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон.\n1.3.4 5. Јавно обвинителство\nЈавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.Функцијата на јавното обвинителство ја вршат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители.Надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија за време од шест години со право на повторно именување.Јавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители без ограничување на траење на мандатот.При изборот на јавните обвинители ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.За разрешување на јавните обвинители одлучува Советот.Надлежноста, составот и структурата на Советот, мандатот на неговите членови, како и основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.Основите и постапката за престанок и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители се уредува со закон.Функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија и јавен обвинител е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.Се забранува политичко организирање и дејствување во Јавното обвинителство.\nЧленот е избришан.\n1.4 IV. УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА\nУставниот суд на Република Северна Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.\nУставниот суд го сочинуваат девет судии.Собранието ги избира судиите на Уставниот суд. Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.\nУставниот суд на Република Северна Македонија:- одлучува за согласноста на законите со Уставот;- одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;- ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;- решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;- решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;- одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;- одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и- одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.\nФункцијата судија на Уставниот суд е неспојлива со вршење друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.Судиите на Уставниот суд уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Уставниот суд.Судиите на Уставниот суд не подлежат на обврска во вооружените сили.На судија на Уставниот суд функцијата му престанува ако поднесе оставка. Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од должноста ако биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд.\nУставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со Уставот.Уставниот суд ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон.Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.\nНачинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со акт на Судот.\n1.5 V. ЛОКАЛНА САМОУПРАВА\nНа граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа.Единици на локалната самоуправа се општините.Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа.Општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Законите за локално финансирање, локални избори, општинските граници и за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.\nВо единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.Општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на нејзината работа го врши Републиката.Републиката со закон може да ѝ довери вршење на определени работи на општината.\nТериторијалната поделба на Републиката и подрачјата на општините се утврдуваат со закон.\nГрадот Скопје е посебна единица на локална самоуправа, чија организација се уредува со закон.Во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од значење за градот Скопје, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.Градот Скопје се финансира од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.Градот Скопје е самостоен во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на неговата работа ја врши Републиката.Републиката со закон може да му довери вршење на определени работи на градот Скопје.\n1.6 VI. МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ\nМеѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.\nМеѓународните договори во името на Република Северна Македонија ги склучува претседателот на Република Северна Македонија.Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Северна Македонија кога тоа е определено со закон.\nПредлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.\nОдлука за стапување во членство или за истапување од членство во меѓународни организации донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.\n1.7 VII. ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКАТА, ВОЕНА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА\nВооружените сили на Република Северна Македонија го штитат територијалниот интегритет и независноста на Републиката.Одбраната на Републиката се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.\nНикој нема право да признае окупација на Република Северна Македонија или на нејзин дел.\nВоена состојба настапува кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или кога Републиката е нападната или ѝ е објавена војна.Воена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена состојба ја донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.\nВонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена.Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.\nПри постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.\nЗа време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.\nМандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба.\n1.8 VIII. ИЗМЕНА НА УСТАВОТ\nУставот на Република Северна Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани.\nПредлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.\nОдлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Нацртот за измената на Уставот го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија.Одлука за измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија.Измената на Уставот ја прогласува Собранието.\n1.9 IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\n(Член 132 од Уставот на Република Македонија објавен во &bdquo;Службен весник на Република Македонија&rdquo; број 52/1991)Во времето предвидено во ставот 5 на член 80 од овој Устав се смета и времето на жителство во други републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\n(Член 133 од Уставот на Република Македонија објавен во &bdquo;Службен весник на Република Македонија&rdquo; број 52/1991)За спроведување на Уставот ќе се донесе уставен закон.Уставниот закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Уставниот закон го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.\n(Член 134 од Уставот на Република Македонија објавен во &bdquo;Службен весник на Република Македонија&rdquo; број 52/1991)Членот не важи во Пречистен текст.", "subject": ["Законска регулатива на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD_%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%29", "word_count": 9305, "cyrillic": 0.993}
{"id": "9645", "title": "Песни со извикување", "text": "*Девојко мори девојко\n*Удри крај, девојко, на крај да идемо\n*Остана ти крива коза\n*Свадбарска песна за момчето\n*Песна за плетење на рогозина\n*Песна за папратот\n*Или ела бела биљке\n*Кое цвеќе најрано\n*Напев 160\n*Напев 164\n*Напев 167\n*Напев171\n*Напев 189\n*Напев 190\n*Напев 192\n*Напев 211\n*Напев 212\n*Напев 219\n*Напев 239", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8_%D1%81%D0%BE_%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 54, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9644", "title": "Жетварски песни", "text": "1 Жетварските народни песни\nЖетварските народни според видот и областа припаѓаат во трудови народни песни.Целта на овие песни е да ги стимулира односно поттикнува луѓето кои изведуваат некаква работа. Жетварските песни се пееле кога се жнеело во полето на нивите. Жетварските песни се пееле и биле поврзани со некои обичаи при започнувањето или завршувањето на жетвата.Во нивната содржина најчесто се опеани жетварките и жетварите,постаџиите и сл.\n*Вечера за жетвари\n*Девојче и беќарче\n*Постаџијо, големџијо\n*Ветор повеја, море,ветор повеја\n*Зажни запеј тенка Руже\n*Постаџи црвен трендафил\n*Мома мрзлива\n*Излегла Јана по поле\n*Мајка Јану к'лне\n*Зажни зажни бела Ружо\n*Зажни Ружо мори најнапреде\n*Извикна мома од поле\n*Жетварки пеат в поле широко\n*Млад постаџија\n*Зажнало се поле\n*Мома и момче се наджниват\n*Ај да одиме поле на жетва\n*Слана девет педи", "subject": ["Македонски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B5%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8", "word_count": 135, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9678", "title": "Печалбари", "text": "ПРВИ ЧИН\n(Тип старе македонске собе. Видна и плаво обојена. Врата у дну воде споља. Друга на левој стрни воде у суседну собу. Цео под собе застрт је рогозном а поврх ње стари ћилим. На сред собе је мангал (без огња) од бакра на дрвеном постољу у старинском стилу. Дуж целе десне стране је миндерлук, покривен ћилимом. На миндерлуку, уза зид, поређане су наслоњаче од сламе у лепим навлакама од шарене материје. Изнад миндерлука, између два прозора окачен је зидни сат. Завесе, чији крајеви висе на чивилуцима са стране, јесу од исте материје као и навлаке. По зидовима су поређани девојачки радови: везови, сомотски ручни радови украшени уменутим малим фотографијама правилно поређаним. Десно од улазних врата уграђен је у зид простран умиваоник (водоник). На поду е тестија, а на умиваонику велики ђум (бакрени суд за воду). Више главе је широка полица, где су поређани судови и тепсије махом од бакра. С леве стране улазних врата налази се предикона (мала камара узидана у зид), са завесицом на набору. На левој страни, одмах до одводних врата, налази се уз зид старински долап. На њему је петролеумска лапа (и кад гори),\n(Први сутон се спушта. У соби је Симка сама).\n''Симка'' (млада, бујна црномањаста девојка. Довршава прање судова. Кад се завеса диже, она их баш ређа на полици. Ради певушећи и у целој њеној радиности осећа се задовољство и привлачност. Кад је све поређала, прилази живахно долапу, скида лампу, носи је к умиваонику. Ту вади из малог долапа испод умиваоника флашу са гасом да налије у лампу. Затим почиње да брише стакло. У том улеће Стојчо).\n''Стојчо'' (дечак својих десет година, улеће сав прљав, прашњав и умрљан): Дај ми да јадам!\nСимка (прилази долапу и намаже му кришку хлеба са пекмезом).\n''Стојчо'' (вади из пазуха ашике и хвалећи се, показује Симки): Гледи, гледи! Сето јас добиф! Собраф им го до едно! (Претура их из руке у руку као неку велику новчану вредност): Ихи, хи! Ихи, хи!...\n''Симка'' (весело): Што се ти, Стојчо, денеска така рано прибра дома? Да те татко не скара?\n''Стојчо'' (шеретски): Ич!\n''Симка'': Да не скрши некој џам?\n''Стојчо'' (са пуним устима): Ич!...\n''Стојчо'': ...(изазивачки) Ти мисљаш, јас не знајм зошто ме прашаш?\n''Симка'': Што знаиш? ... Јас нишчо не знајм, се дома седам...\n''Стојчо'' (намигујући): Слуши! Сабајле, кога татко излаваше за дукјан, мајка му рече: >>Денеска, Јордане, по рано се дома врни. Оти ке дојдат нишан да разменат<<.\n''Симка'' (узнемирена): Кој ке дојдит?...\n''Стојчо'' (дајући себи важност): Од две страни. Од Ђурђиновци за баче Јован и од Истромановци за баче Костадин.\n''Симка'': Стојчо! Кажи ми, кој по го сакјаш да ти бидет бачо: Јован или Костадин?\n''Стојчо'' (домишља се): Баче Јован по го сакјам. Тој ке ми дават бакшиш и ке ми купит јагне!... Баче Костадин нишчо немат...\n''Симка'' (подиже руку да га удари): Магаре ниедно!\n''Стојчо'' (изврда, задржаваши се код излазних врата, готов да шмугне).", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B8", "word_count": 476, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7173", "title": "Неемија (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Молитвата на Нехемија.\n<sup>1</sup>Зборовите на Нехемија, синот на Хахалија:\n„Во месецот кислев, во дваесеттата година, додека бев во престолнината Суса.<sup>2</sup>Ханани, еден од моите браќа, заедно со неколкумина други луѓе, дојде од Јуда и јас ги распрашав за остатокот од Евреите, за оние кои го преживеаја прогонството, и за Ерусалим.\n<sup>3</sup>А тие ми рекоа: ’Оние кои го преживеаја прогонството, таму во областа, живеат во голема мака и немилост. Ѕидот на Ерусалим е разурнат, а портите со оган се изгорени.'\n<sup>4</sup>Кога слушнав за овие работи, седнав да плачам и тагувам. Со денови постев и се молев пред небесниот Бог.\n<sup>5</sup>Тогаш реков:\n’О ГОСПОДИ, Боже на небесата, Боже велик и страотен, Ти Кој се држиш до заветот и љубовта со оние што Те сакаат и ги исполнуваат Твоите наредби,\n<sup>6</sup>нека внимава сега увото Твое, очите Твои нека бидат отворени, за да ја слушнеш молитвата од Твојот слуга, која ја кажувам пред Тебе ден и ноќ за народот на Израел - слугите Твои! Ги признавам гревовите на народот Израелов, признавам дека грешевме против Тебе. Дури и јас и домот на моите татковци грешевме.\n<sup>7</sup>Лошо, многу лошо се однесувавме кон Тебе. Не ги исполнувавме наредбите, указите и законите кои му ги даде на Мојсеј, слугата Твој.\n<sup>8</sup>Потсети се сега на упатството што му го даде на Мојсеј, слугата Твој: ’Неверни сте ми и Јас ќе ве распрснам меѓу народите!\n<sup>9</sup>Но вие вратете се кај Мене, потчинувајте се на Моите наредби и извршувајте ги! Дури и ако сте прогонети до крајот на небесата, и од таму ќе ве приберам и ќе ве доведам во местото кое го одбрав да биде пребивалиште на Моето име.'\n<sup>10</sup>А тие се Твои слуги, Твој народ, кој го избави со Твојата голема сила и Твојата моќна рака.\n<sup>11</sup>О Господи, нека биде внимателно сега увото Твое за молитвата на Твојот слуга, за молитвата на слугите Твои, оние кои со задоволство го почитуваат Твоето име. Дај му денеска успех на Твојот слуга, обдари го да има наклоност пред овој човек.', а јас му бев пехарник на царот.“\n= Глава 2 =\n2 Артаксерксес го испраќа Нехемија во Ерусалим.\n<sup>1</sup>И тогаш, во месецот нисан, во дваесеттата година на царот Артаксерксес, виното беше пред него, а јас го зедов виното и му го подадов на царот. До тој момент не бев се појавувал тажен во негово присуство,\n<sup>2</sup>па царот ме праша: „Зошто ти е тажно лицето, кога не си болен? Ова не е ништо друго туку тага во срцето“.\nЈас многу се уплашив,\n<sup>3</sup>но му реков на царот: „Нека е жив царот довека. Како да не ми биде тажно лицето кога градот, местото каде што се гробовите на моите татковци, лежи во урнатини, а портите негови со оган се уништени.“\n<sup>4</sup>Царот ми рече: „Што бараш од мене?“,\nтогаш Му се помолив на небесниот Бог\n<sup>5</sup>и му одговорив на царот: „Ако му е така по волја на царот и ако слугата ваш нашол милост пред вас, испратете ме во Јудеја, во градот каде што се гробовите на моите татковци, за да го обновам.“\n<sup>6</sup>Тогаш царот, со царицата седната крај него, ме праша: „До кога ќе трае твоето патување и кога ќе се вратиш?“, па се смилува царот и ме испрати, а јас го одредив времето.\n<sup>7</sup>Покрај тоа го прашав царот: „Ако му е така угодно на царот, нека ми даде писма за управителите на областа *Транс - Еуфратија, што ќе ми обезбедат безбеден премин сѐ додека стигнам во Јуда,\n<sup>8</sup>писмо за Асаф, чуварот на царските шуми, за да ми даде граѓа да направам греди за портите на тврдината околу храмот, за градскиот ѕид и за дворецот во кој јас ќе отседнам.“ И царот ги удоволи моите барања, затоа што раката Божја милостиво беше над мене.\n<sup>9</sup>Така јас тргнав кај управителите на Транс - Еуфратија и им ги дадов писмата од царот, а тој со мене беше испратил воени старешини и коњаници.\n<sup>10</sup>Кога слушнаа Хорониецот Санваллат, и Амониецот Товија, кој беше човек од власта, се вознемирија, многу се вознемирија, затоа што доаѓа некој што ќе се застапува за доброто на синовите Израелеви.\n3 Нехемија ги разгледува ѕидините на Ерусалим.\n<sup>11</sup>Јас отидов во Ерусалим и останав таму три дена.\n<sup>12</sup>Станав ноќе, јас и неколкумина со мене, и не кажав никому што мојот Бог ми беше ставил на срце да направам за Ерусалим. Немаше друг коњ со мене освен оној на кого јас јавав.\n<sup>13</sup>Излегов ноќе низ портата во долината кон Шакаловиот извор, и се упатив кон порта крај буништата. Ги разгледав разурнатите ѕидини на Еруслим и портите изгорени од оган.\n<sup>14</sup>Се упатив кон портата крај изворот и кон царското складиште за вода, но за коњот под мене немаше место каде да помине.\n<sup>15</sup>Така одев некое време низ долината ноќе и го разгледував ѕидот, па се свртев, повторно влегов низ портата во долината и се вратив назад.\n<sup>16</sup>Властите не знаеја ниту каде одев, ниту што правев, затоа што ниту на Евреите, ниту на свештениците, ниту на благородниците, ниту на властите или на некој друг што зеде учество во работата, сѐ уште ништо не им бев кажал.\n<sup>17</sup>Тогаш им реков: „Гледате на каква мака сме. Ерусалим лежи во урнатини, а неговите порти со оган се изгорени. Дојдете да го обновиме ѕидот на Ерусалим и веќе нема да бидеме во немилост!“\n<sup>18</sup>Исто така им раскажав како раката на мојот Бог беше милостиво над мене и им ги пренесов зборовите кои царот ми ги беше кажал.\nТие одговорија: „Да почнеме и да го обновиме!“ И така нивните раце ја започнаа оваа добра работа.\n<sup>19</sup>Тогаш слушнаа Хорониецот Санваллат, Амониецот Товија, кој беше човек од власта, и Арапот Гешем, па ни се потсмеваа и подбиваа. Нѐ прашаа: „Што е ова што го правите? Против царот ли ќе се бунтувате?“\n<sup>20</sup>Јас им дадов одговор и им реков: „Небесниот Бог ни даде напредок и ние, Неговите слуги, ќе почнеме со обновата. А вие немате ниту дел, ниту право, ниту пак такво право сте имале во Ерусалим.“\n= Глава 3 =\n4 Градители на ѕидините.\n<sup>1</sup>И така, првосвештеникот Елијашив и неговите пријатели, свештениците, се фатија за работа и ја обновија Овчјата порта. Ја посветија и ги наместија нејзините врати. Посветија сѐ до кулата на Стоте и до кулата на Хананел.\n<sup>2</sup>До нив градеа луѓето од Ерихон, а до нив градеше Заккур, синот на Имри.\n<sup>3</sup>Рибјата порта ја обновија синовите на Хассенаа. Ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.\n<sup>4</sup>До нив поправаше Меремот, синот на Урија, син на Хаккос, до нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, син на Мешезавел, а до нив поправаше Садок, синот на Баана.\n<sup>5</sup>До нив поправаа жителите на Текоа, но нивните благородници не подметнаа рамо да работат за својот Господ.\n<sup>6</sup>Портата на Јешана ја поправи Јојада, синот на Пасеа и Мешуллам, синот на Бесодеја. Тие ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.\n<sup>7</sup>До нив поправаше гивеонецот Мелатија и меронотиецот Јадон, луѓе од Гивеон и Миспа, места кои се под власта на управникот на Транс - Еуфратија.\n<sup>8</sup>До нив поправаше Узиел, синот на Хархаја, кои беа златари, а до него поправаше Хананија, кој произведуваше миризливи масла, и тие го обновија Ерусалим сѐ до Широката порта.\n<sup>9</sup>До нив поправаше Рефаија, синот на Хур, управител на половината од Ерусалимскиот округ.\n<sup>10</sup>До нив, спроти сопствената куќа, поправаше Једаија, синот на Харумаф, а до него поправаше Хаттуш, синот на Хашавнеја.\n<sup>11</sup>Малкија, синот на Харим, и Хашшув, синот на Пахат Моав, го поправија наредниот дел и Кулата на печките.\n<sup>12</sup>До нив поправаше Шаллум, синот на Халлохеш, управител на половината од Ерусалимскиот округ, тој и неговите ќерки.\n<sup>13</sup>Портата во долината ја поправија Ханун и жителите на Зеноа. Тие ја изѕидаа, ги поставија вратите, резињата и лостовите. Поправија и илјада лакти од ѕидот, сѐ до портата на буништата.\n<sup>14</sup>Портата на буништата ја поправи Малкија, синот на Рехав, управител на округот Бет Хаккерем. Тој ја обнови и ги постави вратите, резињата и лостовите.\n<sup>15</sup>Портата на изворот ја поправи Шаллун, синот на Кол Хозе, управителот на округот Миспа. Тој ја обнови, ѝ направи покрив, ги постави вратите, резињата и лостовите. Го поправи и ѕидот на складиштето за вода Шела, покрај царската градина, сѐ до скалите што се симнуваа од Давидовиот град.\n<sup>16</sup>После него поправаше Нехемија, синот на Азбук, управител на половината од округот Бет Зур, сѐ до горе спроти Давидовите гробници, до вештачкото складиште за вода и до Куќата на Хероите.\n<sup>17</sup>До него поправаа Левитите предводени од Рехум, синот на Бани. До него, за својот округ, поправаше Хашавија, управителот на половината од округот Кеила.\n<sup>18</sup>До него поправаа селаните предводени од Баввај, синот на Хенадад, управителот на половината од округот Кеила.\n<sup>19</sup>На страна од нив поправаше Езер, синот на Јешуа, управителот на Миспа, од нагорнината, па сѐ до оружарницата на аголот.\n<sup>20</sup>До него ревносен во поправањето беше Барух, синот на Заббај, на еден друг дел, од аголот, па сѐ до влезот во домот на првосвештеникот Елијашив.\n<sup>21</sup>До него поправаше Меремот, синот на Урија, синот на Хаккос, наредниот дел, од влезот во домот на Елијашив, па сѐ до крајот на неговиот дом.\n<sup>22</sup>До него поправаа свештениците, луѓе од околните области.\n<sup>23</sup>После нив поправаа Бенјамин и Хашшув, пред своите куќи. До нив, покрај сопствената куќа, поправаше Азарија, синот на Маасеја, синот на Ананија.\n<sup>24</sup>До нив поправаше Биннуј, синот на Хенадад, еден друг дел, од домот на Азарија па до свиокот и до аголот.\n<sup>25</sup>Палал, синот на Узија, работеше спроти аголот на кулата, која се издига од горниот царски дворец, близу до дворот на стражарите. До него беше Педаија, синот на Парош,\n<sup>26</sup>и слугите во храмот кои живееја во Офел. Тие поправаа сѐ до спроти Водната порта кон исток и кулата што се таму се издига.\n<sup>27</sup>После нив текојците го поправаа наредниот дел, од пред големата кула што се издига, па сѐ до ѕидот на Офел.\n<sup>28</sup>Над Коњската порта поправаа свештениците, секој пред својата куќа.\n<sup>29</sup>До нив поправаше Садок, синот на Иммер, спроти својата куќа, а до него поправаше Шемаија, синот на Шеханија, чуварот на Источната порта.\n<sup>30</sup>До него наредниот дел го поправаа Хананија, синот на Шелемија, и Ханун, шестиот син на Залаф. До нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, спроти соседството во кое живееше.\n<sup>31</sup>До него поправаше Малкија, син на златар, сѐ до куќата на храмските слуги и трговците, од спроти портата за проверка, па сѐ до просторот над аголот.\n<sup>32</sup>А меѓу просторот над аголот и Овчјата порта поправаа златарите и трговците.\n= Глава 4 =\n5 Спротивставување на обновата.\n<sup>1</sup>Кога слушна Санваллат дека ние го обновуваме ѕидот, многу се налути и се разгневи. Им се потсмеваше на Евреите,\n<sup>2</sup>и рече во присуство на неговите придружници и војската на Самарија: „Што прават кутрите Евреи? Ѕидот ли ќе го обноват? Жртви ли ќе принесуваат? Ќе завршат ли за еден ден? Можат ли повторно да ги оживеат изгорените камења, од купиштата шут?“\n<sup>3</sup>А Амониецот Товија, стоејќи до него, рече: „Ете, тоа што тие го градат, тој ѕид од камења, лисица по него да се искачи - ќе го сруши.“\n<sup>4</sup>Слушни нѐ Боже наш, затоа што сме презрени, и сврти го нивното подбивање на нивна глава. Предај ги да бидат плен во земја каде што ќе бидат заробеници.\n<sup>5</sup>Не покривај ја нивната вина! Гревот нивни не бриши го од пред Себе, зашто на градителите в лице навреди им сосипаа!\n<sup>6</sup>Така ние го обновивме ѕидот. Целиот ѕид достигна до половината од својата височина, затоа што луѓето работеа од сѐ срце.\n<sup>7</sup>Но кога Санваллат, Товија, Арапите, Амонијците и Ашдотците слушнаа дека поправањето на ѕидините на Ерусалим напредна и дека почнаа да се затвораат разурнатите делови, многу се разгневија.\n<sup>8</sup>Направија заговор, сите заедно да дојдат, да се борат против Ерусалим, и да му напакостат.\n<sup>9</sup>Но ние му се помоливме на нашиот Бог и заради нив поставивме стража, и дење и ноќе.\n<sup>10</sup>Тогаш Јудејците рекоа: „Работниците ги издава силата, а има премногу шут и нема да можеме да го обновиме ѕидот.“\n<sup>11</sup>Нашите непријатели исто така рекоа: „Нема ниту да дознаат, ниту да видат, кога ќе се најдеме меѓу нив и сите ќе ги убиеме. Така ќе ѝ ставиме крај на таа работа.“\n<sup>12</sup>Тогаш дојдоа Евреите кои живеат близу до нив и десетпати ни повторија: „Каде и да се свртите, ќе нѐ нападнат!“\n<sup>13</sup>Затоа зад најниските и најизложени места на ѕидот поставив луѓе, ги распоредив според нивните семејства со мечеви, копја и лакови.\n<sup>14</sup>Откако разгледав наоколу, застанав и им реков на благородниците, службениците и остатокот од народот: „Не плашете се! Господ е голем и страотен. Запамтете го тоа и борете се за своите браќа, синови и ќерки, за своите жени и домови!“\n<sup>15</sup>А кога слушнаа нашите непријатели дека знаеме за нивната намера и Бог го осуети нивниот заговор, сите повторно се вративме во обнова на ѕидот, секој на својот дел од работата.\n<sup>16</sup>Од тој ден, половината од моите луѓе работеа, додека половината беа вооружени со стрели, штитови, лакови и оклопи, а воените старешини стоеја зад целиот Јудин дом,\n<sup>17</sup>зад сите што го градеа ѕидот, што носеа граѓа и полнеа, половината од нив работејќи, а половината со оружје в рака.\n<sup>18</sup>А и оние што градеа, секој на половината имаше опашано меч и така работеше. Оној што даваше тревога со трубата одеше со мене.\n<sup>19</sup>Тогаш им реков на благородниците, службениците и на остатокот од народот: „Работата е обемна и растегната, а ние сме распрснати по ѕидините, далеку еден од друг.\n<sup>20</sup>Таму каде што ќе го слушнете звукот на трубата, таму придружете ни се. Нашиот Бог ќе се бори за нас.\n<sup>21</sup>Така работевме, половината од нас со копја в рака, од в зори, па сѐ додека не се појават ѕвездите.\n<sup>22</sup>Во тоа време им го кажав и на луѓето и ова: „Секој маж и неговиот помошник нека ноќева во Ерусалим, за да ни служи ноќе како стражар, а дење како работник.“\n<sup>23</sup>И ниту јас, ниту моите браќа, ниту моите луѓе, ниту стражата со мене, не се соблекувавме. Секој беше со своето оружје дури и кога одеше по вода.\n= Глава 5 =\n6 Нехемија им помага на сиромашните.\n<sup>1</sup>Но пропиштеа силно мажите и жените против своите еврејски браќа.\n<sup>2</sup>Имаше такви кои што велеа: „Ние, нашите синови и ќерки сме многумина. Мора да добиеме жито, за да јадеме и да останеме живи.“\n<sup>3</sup>Имаше и такви кои што велеа: „Ги заложивме нивите, лозјата и домовите, за да дојдеме до жито во времето на гладта.“\n<sup>4</sup>Имаше и такви кои што велеа: „Позајмивме пари за да го платиме царскиот данок на нашите ниви и лозја.\n<sup>5</sup>А и нашите тела се исти како телата на нашите сонародници. И нашите синови се како нивните синови. И ете, сега ние мораме нашите синови и ќерки да ги дадеме во ропство. Некои од нашите ќерки веќе се во ропство, а ние сме немоќни, затоа што нашите ниви и лозја им припаѓаат на други луѓе.“\n<sup>6</sup>Кога ја слушнав оваа пискотница и овие обвинувања, многу се налутив.\n<sup>7</sup>Откако убаво размислив, ги обвинив благородниците и службениците, и им реков: „Вие земате лихва од вашите сонародници!“ Па свикав против нив големо собрание,\n<sup>8</sup>и им реков: „Ние, колку што можевме побрзо, ги откупивме нашите браќа Евреи од паганските народи. Сега вие пак ги продавате вашите браќа, за повторно да ни ги продаваат назад!“ И тие молчеа, зашто не знаеа што да кажат.\n<sup>9</sup>Па реков: „Не е исправно тоа што го правите! Зарем не треба да чекорите во страв од нашиот Бог, и така да го избегнете потсмевањето од паганите, нашите непријатели?!\n<sup>10</sup>И јас, и моите браќа и моите луѓе сме им позајмувале пари и жито. Да го прекинеме сега ова лихварство!\n<sup>11</sup>Уште денеска да им ги вратите нивите, лозјата, маслините и куќите, и стоти дел од парите, житото, младото вино и маслото со кое ги теретите!“\n<sup>12</sup>А тие рекоа: „Ќе им ги вратиме, и ништо нема да им бараме. Како што рече, така ќе постапиме.“\nТогаш ги свикав свештениците и ги натерав за ова да дадат ветување и да се заколнат.\n<sup>13</sup>Потоа си ја истресов наметката и реков: „Вака да го истресе Бог секој човек кој нема да се држи до ова ветување од неговата куќа и неговиот имот! Нека биде истресен и празен!“ И целото собрание рече: „Амин.“\nПотоа Го славеа ГОСПОД и го исполнија ова ветување.\n<sup>14</sup>А згора на тоа, уште од денот кога бев назначен на бидам управител на земјата Јудина, од дваесеттата година, па сѐ до триесет и втората година на царот Артаксерксес, дванаесет години, јас и моите браќа не јадевме храна земена како данок за управителот.\n<sup>15</sup>Поранешните управители, оние што беа пред мене, ставија тешко бреме врз народот и земаа од нив покрај четириесетте шекели сребро уште и храна и вино, а и нивните помошници се однесуваа како господари над народот. Но јас, од почит кон Бог, не се однесував така.\n<sup>16</sup>Напротив, јас му се посветив на градењето на ѕидините. Сите мои луѓе беа таму собрани за таа работа и не се здобивме со земја.\n<sup>17</sup>На тоа згора уште сто и педесетмина Евреи, службеници и оние што доаѓаа кај нас од околните народи, се собираа на мојата трпеза.\n<sup>18</sup>Секој ден за мене се подготвуваше по еден вол, шест одбрани овци и домашни птици, а на секои десет дена имаше обилни количини вино од сите видови. Но и покрај тоа, јас не побарав данок во храна, како што бараа управителите, зашто тоа тешко би го погодило овој народ.\n<sup>19</sup>Помни ме со милост, Боже мој, заради сѐ што јас направив за овој народ.\n= Глава 6 =\n7 Понатамошно спротивставување на обновата.\n<sup>1</sup>Откако слушнаа Санваллат, Товија, Арапот Гешем и останатите наши непријатели дека јас ги обновив ѕидините и не остана на нив разурнато место, иако до тоа време не бев ги поставил вратите на портите,\n<sup>2</sup>ми ја испратија Санваллат и Гешем оваа порака: „Дојди да се сретнеме во едно од селата во рамницата Оно.“\nНо тие имаа намера да ми напакостат.\n<sup>3</sup>Затоа јас испратив гласник за да им пренесе: „Јас раководам со голем потфат и не можам да слезам долу. Зошто да се прекинува работата додека јас ја напуштам и доаѓам долу кај вас?“\n<sup>4</sup>Четири пати ми праќаа вакви пораки и јас четири пати им давав слични одговори.\n<sup>5</sup>Петтиот пат Санваллат ми го прати сопствениот слуга со слична порака и со неиспратено писмо в рака,\n<sup>6</sup>во кое пишуваше:\n„Се расшири глас меѓу народите, а и Гашму јавува дека ти, заедно со Евреите, подготвувате бунт и затоа ги обновувате ѕидините. Уште се зборува дека ќе си им станал цар.\n<sup>7</sup>Дури и пророци си назначил да разгласуваат за тебе и да велат во Ерусалим: ’Цар има во Јуда!' Сега сето ова ќе му биде јавено на царот, затоа веднаш дојди, за да се договориме!“\n<sup>8</sup>Одговорот што му го испратив беше: „Ништо слично на тоа што го велиш не се случува, туку сѐ ти самиот си измислил.“\n<sup>9</sup>Сите тие се обидуваа да нѐ исплашат, велејќи си: „Ќе им ослабнат рацете и нема да ја завршат работата.“, затоа сега дај им сила (Боже) на рацете мои.\n<sup>10</sup>Отидов во домот на Шемаија, синот на Делаја, син на Мехетавел. Тој се беше затворил дома и ми рече: „Да се сретнеме во Божјиот дом, внатре во храмот и да ги затвориме вратите на храмот, зашто се подготвуваат да те убијат, ноќе ќе дојдат луѓе за да те убијат.“\n<sup>11</sup>Но јас реков: „Зарем човек како мене да бега!? Зарем некој како мене да оди во храмот и да си го спасува животот!? Нема да одам!“\n<sup>12</sup>И сфатив дека не го испрати Бог, туку го кажа тоа пророштво против мене затоа што го најмија Товија и Санваллат.\n<sup>13</sup>Најмен беше за јас да се исплашам, да го послушам и така да направам грев. Тоа би им послужило за да ме оговараат и да го нарушат мојот углед.\n<sup>14</sup>Спомни си Боже за Товија, за Санваллат и за овие негови постапки, за пророчицата Ноадија и останатите прорци кои се обидуваат да ме заплашат.\n8 Довршување на ѕидините.\n<sup>15</sup>Така беа завршени ѕидините на дваесет и петтиот ден од месецот Елул, за педесет и два дена.\n<sup>16</sup>Кога слушнаа сите наши непријатели и видоа сите околни народи, ја изгубија самодовербата, затоа што сфатија дека оваа работа беше направена со помош на нашиот Бог.\n<sup>17</sup>Во тие денови, многу благородници од Јуда испраќаа писма за Товија, и од Товија доаѓаа писма за нив,\n<sup>18</sup>затоа што многумина во Јуда му се беа заколнале, зашто тој му беше зет на Шеханија, синот на Арах, а неговиот син Јехоханан се ожени со ќерката на Мешуллам, синот на Берехија.\n<sup>19</sup>Дури и ми кажуваа за неговите добрите дела и потоа моите зборови му ги пренесуваа, а Товија испраќаше писма за да ме заплаши.\n= Глава 7 =<sup>1</sup>Откако беа обновени ѕидините и јас ги поставив вратите, беа назначени вратари, пејачи и Левити.\n<sup>2</sup>Го поставив над Ерусалим мојот брат Ханани, заедно со Хананија, заповедникот на крепоста, затоа што тој беше непорочен човек и повеќе се плашеше од Бог од најголемиот број луѓе.\n<sup>3</sup>Им реков: „Портите на Ерусалим не смеат да бидат отворени сѐ додека сонцето убаво не опече. Додека тие се на должност, нека ги затвораат вратите и нека ги поставуваат лостовите. Исто така назначете стражари од жителите на Ерусалим, некои на стражарски места, а некои близу до сопствените домови!“\n<sup>4</sup>Градот беше широк и простран, а луѓе во него имаше малку и куќите сѐ уште не беа обновени.\n<sup>5</sup>Затоа Бог ми стави на срце и јас ги собрав благородниците, службениците и народот за да ги попишам. Најдов запис за родословот на оние што први се вратија, и во него беше запишано:\n<sup>6</sup>Ова се луѓето од областа што доаѓаат од заробеништво и прогонство, луѓето кои ги зароби Невухаднессар, царот на Вавилон, и се вратија во Ерусалим и Јуда, секој во својот град,\n<sup>7</sup>заедно со Зерувавел, Јешуа, Нехемија, Азарија, Раамија, Нахамани, Морддахи, Билшан, Мисперет, Бигвај, Нехум, Баана,\nсписок на луѓе од Израел:\n*<sup>8</sup>наследници на Парош - 2172,\n*<sup>9</sup>на Шефатија - 372,\n*<sup>10</sup>на Арах - 652,\n*<sup>11</sup>на Пахат Моав, преку синовите на Јешуа и Јоав - 2818,\n*<sup>12</sup>на Елам - 1254,\n*<sup>13</sup>на Затту - 845,\n*<sup>14</sup>на Заккај - 760,\n*<sup>15</sup>на Биннуи - 648,\n*<sup>16</sup>на Бевај - 628,\n*<sup>17</sup>на Азгад - 2322,\n*<sup>18</sup>на Адоникам - 667,\n*<sup>19</sup>на Бигвај - 2067,\n*<sup>20</sup>на Адин - 655,\n*<sup>21</sup>на Атер, преку Хезекија - 98,\n*<sup>22</sup>на Хашум - 328,\n*<sup>23</sup>на Безај - 324,\n*<sup>24</sup>на Хариф - 112,\n*<sup>25</sup>на Гивеон - 95,\n*<sup>26</sup>луѓе од Витлеем и Нетофа - 188,\n*<sup>27</sup>од Анатот - 128,\n*<sup>28</sup>од Бет Азмавет - 42,\n*<sup>29</sup>од Киријат Јеарим, Кефира и Веерот - 743,\n*<sup>30</sup>од Рама и Гева - 621,\n*<sup>31</sup>од Михмас - 122,\n*<sup>32</sup>од Бет Ел и Аи - 123,\n*<sup>33</sup>од другиот Нево - 52,\n*<sup>34</sup>од другиот Елам - 1254,\n*<sup>35</sup>од Харим - 320,\n*<sup>36</sup>од Јерихо - 345,\n*<sup>37</sup>од Лод, Хадид и Оно - 721,\n*<sup>38</sup>од Сенаа - 3930,\n<sup>39</sup>свештеници: наследници на Једаија, преку семејството\n*на Јешуа - 973,\n*<sup>40</sup>на Иммер - 1052,\n*<sup>41</sup>на Пашхур - 1247,\n*<sup>42</sup>на Харим - 1017,\n*<sup>43</sup>Левити: наследници на Јешуа, преку Кадмиел, преку синовите на Ходева - 74,\n*<sup>44</sup>пејачи: наследници на Асаф - 148,\n*<sup>45</sup>вратари: наследници на Шаллум, Атер, Талмон, Аккув, Хатита и Шовај - 138,\n*<sup>46</sup>слуги во храмот: наследници на Сиха, Хасуфа, Таббаот,\n*<sup>47</sup>Керос, Сиа, Падон,\n*<sup>48</sup>Левана, Хагава, Шалмај,\n*<sup>49</sup>Ханан, Гиддел, Гахар,\n*<sup>50</sup>Реаија, Ресин, Некода,\n*<sup>51</sup>Газзам, Узза, Пасеах,\n*<sup>52</sup>Бесај, Меуним, Нефишесим,\n*<sup>53</sup>Бакбук, Хакуфа, Хархур,\n*<sup>54</sup>Баслит, Мехида, Харша,\n*<sup>55</sup>Баркос, Сисера, Тамах,\n*<sup>56</sup>Несијах, Хатифа,\n<sup>57</sup>наследници на Соломоновите слуги:\nнаследници на Сотај, Соферет, Перида,\n<sup>58</sup>Јаала, Даркон, Гиддел,\n<sup>59</sup>Шефатија, Хаттил, Похерет, Хассевајим, Амон,\n<sup>60</sup>вкупно слуги во храмот и наследници на Соломоновите слуги - 392.\n<sup>61</sup>А следните доаѓаат од Тел Мелах, Тел Харша, Керув, Аддон и Иммер, но не можеа да покажат дека семејствата на нивните татковци и нивните наследници потекнуваат од Израел:\n<sup>62</sup>наследници на Делаја, Товија и Некода - 642.\n<sup>63</sup>А од свештениците, наследници на Ховаја, Хаккос, Барзиллај, кој се ожени со една од ќерките на Барзиллај од Гилеад и го зеде името според својата жена.\n<sup>64</sup>Тие побараа запис за себе каде што беа заведени по семејства, но не можеа да најдат, затоа беа исклучени од свештенство како нечисти.\n<sup>65</sup>Затоа управителот им нареди да не смеат да јадат од најсветото од светите нешта, сѐ додека свештеник не послужи со Урим и Туммим.\n<sup>66</sup>Сите заедно броеја 42360,\n<sup>67</sup>не вклучувајќи ги тука нивните 7337 слуги и слугинки, и 245 пејачи и пејачки.\n<sup>68</sup>Имаа 736 коњи, 245 мазги,\n<sup>69</sup>435 камили и 6720 магариња.\n<sup>70</sup>Некои од главите на семејствата допринесоа за работата. Управникот даде во благајната 1000 драхми злато, педесет бокали и 530 свештенички наметки.\n<sup>71</sup>Некои од главите на семејствата дадоа во благајната за оваа работа 20000 драхми злато и 2200 мини сребро.\n<sup>72</sup>Останатите луѓе вкупно дадоа 20000 драхми злато, 2000 мини сребро и 67 наметки за свештениците.\n<sup>73</sup>Свештениците, Левитите, вратарите, пејачите од народот, слугите во храмот и сите Израелци се населија во своите градови.\nКога дојде седмиот месец, синовите Израелеви веќе беа во своите градови.\n= Глава 8 =\n9 Езра го чита Законот.\n<sup>1</sup>И се собра целиот народ, како еден човек, на плоштадот пред Водната порта, па му кажаа на Езра, познавач на Законот, да ја извади книгата со Мојсеевиот Закон, кој ГОСПОД му го заповеда на Израел.\n<sup>2</sup>На првиот ден од седмиот месец свештеникот Езра го донесе Законот пред насобраните мажи, жени и сите што можат да чујат и разберат.\n<sup>3</sup>Читаше од него, свртен кон плоштадот што е пред Водната Порта, од утро до пладне, во присуство на мажите, жените и сите што можеа да разберат, а вниманието на сите луѓе беше свртено кон Книгата на Законот.\n<sup>4</sup>Езра, познавач на законот, стоеше на висока дрвена подлога, која ја изградија за таа намена. До него од десно стоеја Матитија, Шема, Анаија, Урија, Хилкија и Маасеја, а од лево Педаија, Мишаел, Малкија, Хашум, Хашбаддана, Зехарија и Мешуллам.\n<sup>5</sup>Ја отвори Езра книгата пред очите на целиот народ, затоа што тој беше над сите нив, и како што ја отвори, сите станаа на нозе.\n<sup>6</sup>Го прослави Езра ГОСПОД, великиот Бог, а сите луѓе одговорија: „Амин, амин!“, кревајќи ги рацете, па се клекнаа на колена и Му се поклонија на ГОСПОД со лицата до земја.\n<sup>7</sup>А Левитите Јешуа, Бани, Шеревија, Јамин, Аккув, Шаббетај, Ходија, Маасеја, Келита, Азарја, Јозавад, Ханан и Пелаја ги поучуваа луѓето да го знаат Законот, додека тие стоеја на своите места.\n<sup>8</sup>Читаа од Книгата на Божјиот Закон и го објаснуваа, му даваа смисла на прочитаното, за луѓето да можат да го разберат.\n<sup>9</sup>Тогаш управителот Нехемија, заедно со Езра, свештеник и познавач на Законот, и Левитите кои го поучуваа народот, рече: „Овој ден е свет за ГОСПОД, вашиот Бог. Не плачете и не жалете!“, затоа што сите луѓе плачеа додека ги слушаа зборовите на Законот.\n<sup>10</sup>Па им рече: „Одете, јадете одбрана храна, пијте слатки пијалоци и испратете им оброци и на оние кои немаат ништо приготвено, зашто денеска е свет ден за нашиот Господ. Не тагувајте, зашто радоста во ГОСПОД е вашата сила.“\n<sup>11</sup>И Левитите го утешуваа сиот народ велејќи: „Молчете и не тагувајте, зашто ова е свет ден!“\n<sup>12</sup>Тогаш сите луѓе отидоа да јадат, да пијат и да испратат оброци, да слават со голема радост, затоа што ги разбраа зборовите кои им беа објаснети.\n<sup>13</sup>На вториот ден се собраа главите на семејствата од сиот народ, свештениците и Левитите околу Езра, познавач на Законот, за да им посветат внимание на зборовите на Законот.\n<sup>14</sup>Најдоа дека во Законот е запишано, и е заповедано од ГОСПОД, преку Мојсеј, дека синовите Израелеви треба да живеат во колиби во текот на празникот во седмиот месец.\n<sup>15</sup>Тоа го разгласија и раширија вест низ сите градови и во Ерусалим: „Излезете по ридиштата, донесете гранки од питоми и диви маслини, гранки од мирта, од палма и сенчести дрвја, за да направите колиби, како што е напишано!“\n<sup>16</sup>Излегоа луѓето, донесоа гранки и направија колиби секој на својот покрив, во својот двор, во дворовите на Божјиот дом, на плоштадот пред Водната Порта или на плоштадот кај Ефраимовата Порта.\n<sup>17</sup>Сите што се вратија од прогонство направија колиби и живееја во нив. Ете, уште од деновите на Јешуа, синот на Нун, сѐ до тој ден, синовите Израелеви не го беа славеле овој празник, затоа радоста беше многу голема.\n<sup>18</sup>Ден за ден читаа од Книгата на Божјиот Закон, од првиот до последниот ден, и го славеа празникот седум дена. А на осмиот ден, како што е пропишано, направија собор.\n= Глава 9 =\n10 Израелците ги исповедаат своите гревови.\n<sup>1</sup>И така, на дваесет и четвртиот ден од истиот месец се собраа синовите Израелеви со пост, со вреќишта и прав врз себе.\n<sup>2</sup>Се издвоија наследниците Израелеви од сите синови на туѓинци, застанаа и ги признаа своите гревови и лошотијата на своите татковци.\n<sup>3</sup>Четвртина од денот стоеја на своите места и читаа од Книгата на Законот на ГОСПОД, нивниот Бог, а четвртина од денот се исповедаа и го славеа ГОСПОД, нивниот Бог.\n<sup>4</sup>А на скалите стоеја Левитите Јешуа, Бани, Кадмиел, Шеванија, Буни, Шеревија, Бани, Кенани и повикуваа со силен глас кон ГОСПОД, нивниот Бог.\n<sup>5</sup>Левитите Јешуа, Кадмиел, Бани, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија, Петахија рекоа: „Станете, славете го ГОСПОД, вашиот Бог, Кој е од вечност до вечност:\n’Нека биде благословено Твоето славно име, нека се издигне над сите благослови и славопои.\n<sup>6</sup>Ти си единствениот ГОСПОДЕ. Сам си ги создал небесата, небото на небесата и сето нивно воинство, земјата и сѐ што е на неа, морињата и сѐ што е во нив. Ти на сите нив им даваш живот. Небесното мноштво Тебе ти се поклонува.\n<sup>7</sup>Ти си ГОСПОД Бог, Оној што го одбра Аврам, го доведе од Ур халдејски, и му даде име Аврахам.\n<sup>8</sup>Виде дека срцето негово Ти е верно и направи со него завет да му ја дадеш земјата на Канаанците, Хититите, Аморејците, Перизијците, Јевусијците, Гиргашијците - да им ја дадеш на неговите потомци. И го одржа своето ветување, зашто Ти си праведен.\n<sup>9</sup>Го виде страдањето на нашите татковци во Египет, и плачот нивни го слушна покај Црвеното Море,\n<sup>10</sup>па испрати знаци и чуда против фараонот, против сите негови службеници и против народот во неговата земја, зашто знаеше со каква дигноглавост постапуваа со нив. Така се прослави сѐ до денешен ден.\n<sup>11</sup>Морето го раздели пред нив и поминаа среде море по сува земја, а оние што ги прогонуваа ги фрли во длабочините како камен во моќните води.\n<sup>12</sup>Со столб од облаци ги водеше дење, со столб од оган ноќе им даваше светло на патот по кој одеа.\n<sup>13</sup>На планината Синај слезе и им проговори од небесата. Им даде правични уредби, праведни закони - укази и наредби добри.\n<sup>14</sup>Им ја откри Својата света Сабота. Наредби, укази и закони им даде преку Мојсеј, слугата Твој.\n<sup>15</sup>Леб од небесата им даде кога беа гладни и вода од карпата извади кога беа жедни. Им рече да одат и да ја запоседнат земјата за која си се заколнал дека ќе им ја дадеше.\n<sup>16</sup>Но тие, нашите татковци, станаа горделиви, тврдоглави и не се покоруваа на твоите наредби.\n<sup>17</sup>Одбија да слушаат и не си спомнуваа за чудата Твои што ги направи меѓу нив. Станаа тврдоглави и во нивната бунтовност си назначија водач за тој пак да направи од нив робови. Но Ти си Бог што простува, милостив, жалежлив, спор на гнев и преполн со љубов, и затоа не ги напушти.\n<sup>18</sup>Дури и кога си излеаја теле и рекоа: ’Ова е твојот бог, кој те изведе од Египет', и правеа страшни богохулства,\n<sup>19</sup>Ти, заради Твојата голема милосрдност не ги напушти во пустината. Столбот од облаци што ги водеше дење на нивниот пат не им го одзеде, ниту им го одзеде столбот од оган што ноќе светеше врз нив и врз патот по кој одеа.\n<sup>20</sup>Им го даде Твојот добар Дух да ги поучува. Маната Твоја не им ја одзеде од нивните усти и вода им даваше кога беа жедни.\n<sup>21</sup>Четириесет години ги одржа во пустината. Ништо не им недостасуваше. Облеките не им изветвеа и стапалата не им отекоа.\n<sup>22</sup>Им даде царства и народи, им ги раздели сѐ до најоддалечените граници. Ја презедоа земјата Сихон, а тоа е земјата на царот Хешбон и земјата на Ог, царот на Башан.\n<sup>23</sup>Ги умножи синовите нивни како ѕвездите на небото и ги доведе во земјата за која на нивните татковци им кажуваше да влезат во неа и да ја запоседнат.\n<sup>24</sup>Влегоа синовите и ја запоседнаа земјата, а Ти ги покори пред нив жителите на Канаанската земја и ги предаде во нивни раце, нив и царевите нивни и народите од таа земја, за да прават со нив што им е по волја.\n<sup>25</sup>Освоија утврдени градови, плодна земја, запоседнаа куќи полни со секакви богатства, со веќе ископани бунари, лозја, маслини и овошки во изобилство. Јадеа, се наситија, се нахранија и уживаа во Твојата голема добрина.\n<sup>26</sup>Но тие беа непослушни и се побунија против Тебе. Твојот закон го занемарија, ги убија пророците Твои кои ги предупредуваа да се вратат кон Тебе и страшни богохулства направија.\n<sup>27</sup>Затоа Ти ги предаде во рацете на нивните непријатели и тие ги угнетуваа. Но кога беа угнетени, повикаа кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, па во Својата голема милосрдност им даде избавители и тие ги ослободија од рацете на нивните непријатели.\n<sup>28</sup>Но само што се одморија, тие повторно почнаа да прават зло пред Тебе. Тогаш Ти ги напушти и ги препушти во рацете на нивните непријатели, па тие владееја над нив. Повикаа повторно кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, и ги многу пати ги избавуваше сожалувајќи се над нив.\n<sup>29</sup>Ги предупредуваше да се вратат кон Твојот Закон, но тие станаа горделиви и не се потчинуваа на Твоите наредби, против твоите уредби грешеа, против оние кои, ако се придржува човек до нив - ќе живее. Ти свртеа грб своеглаво, станаа тврдоглави и непослушни.\n<sup>30</sup>Ти имаше трпение со нив многу години, ги предупредуваше преку Својот Дух и преку пророците, но тие не им обрнуваа внимание. Затоа ги предаде во рацете на народите од околните земји.\n<sup>31</sup>Но во Својата голема милост, не ги уништи и не ги напушти, зашто Ти си добар и милостив Бог.\n<sup>32</sup>Затоа сега Боже наш, Боже велик, моќен и страотен, Ти што го спазуваш заветот и љубовта, нека не бидат ситни во Твоите очи сите страдања што ги поминаа нашите цареви, водачи, свештеници, нашите пророци, татковци и целиот народ, од деновите на Асирскиот цар, па сѐ до денеска.\n<sup>33</sup>А во сѐ што нѐ снајде, Ти постапуваше правично и верно, а ние грешевме.\n<sup>34</sup>Нашите цареви, водачи, свештеници и татковци не се држеа до Твојот Закон и не им посветуваа внимание на Твоите наредби и предупредувања што им ги упатуваше.\n<sup>35</sup>Додека беа во своите царства, и уживаа во Твојата голема добрина, во земјата пространа и плодна што им ја даде, тие не Ти служеа, и не отстапија од своите зли патишта.\n<sup>36</sup>Ете, ние денеска сме робови! Во земјата која им ја даде на нашите претци да јадат плодови од неа и да уживаат во нејзиното богатство, ете, во неа сме робови!\n<sup>37</sup>Обилна е жетвата за царевите кои ги постави над нас, заради нашите гревови. Владеат со нашите тела и со нашиот добиток како што им е по волја, а ние сме на голема мака.\n11 Спогодба со народот.\n<sup>38</sup>Заради сево ова ние составуваме обврзувачка спогодба, ја запишуваме и на неа ставаат печат нашите водачи, Левитите и свештениците.'“\n= Глава 10 =<sup>1</sup>А печат ставија:\nуправителот Нехемија, син на Хахалија, Седекија,\n<sup>2</sup>Сераија, Азарија, Еремија,\n<sup>3</sup>Пашхур, Амарија, Малкија,\n<sup>4</sup>Хаттуш, Шеванија, Маллух,\n<sup>5</sup>Харим, Меремот, Овадија,\n<sup>6</sup>Даниел, Гиннетон, Барух,\n<sup>7</sup>Мешуллам, Авија, Мијамин,\n<sup>8</sup>Маазија, Билгај, Шемаија. Ова беа свештениците.\n<sup>9</sup>А Левитите се: Јешуа, син на Азанија, Биннуи, еден од синовите на Хенадад Кадмиел,\n<sup>10</sup>и нивните придружници Шеванија, Ходија, Келита, Пелаија, Ханан,\n<sup>11</sup>Миха, Рехов, Хашавија,\n<sup>12</sup>Заккур, Шеревија, Шеванија,\n<sup>13</sup>Ходија, Вани, Бенину.\n<sup>14</sup>Водачи на народот: Парош, Пахат, Моав, Елам, Затту, Бани,\n<sup>15</sup>Буни, Азгад, Бевај,\n<sup>16</sup>Адонија, Бигвај, Адин,\n<sup>17</sup>Атер, Хезекија, Аззур,\n<sup>18</sup>Ходија, Хашум, Бесај,\n<sup>19</sup>Хариф, Анатот, Невај,\n<sup>20</sup>Мигпиаш, Мешуллам, Хезир,\n<sup>21</sup>Мешезавел, Садок, Јаддуа,\n<sup>22</sup>Пелатија, Ханан, Анаија,\n<sup>23</sup>Хошеа, Хананија, Хашшув,\n<sup>24</sup>Халлохеш, Пилха, Шовек,\n<sup>25</sup>Рехум, Хашавна, Маасеја,\n<sup>26</sup>и Анија, Ханан, Анан,\n<sup>27</sup>Маллух, Харим, Баана.\n<sup>28</sup>А остатокот од народот, свештениците, Левитите, вратарите, пејачите, слугите во храмот и сите што се одвојуваат од другите народите заради Божјиот Закон, нивните жени, синови и ќерки, сите што знаат и разбираат,\n<sup>29</sup>се приклучија кон нивните браќа, благородниците, се обврзаа со клетва и дадоа збор да го следат Божјиот Закон, кој им беше даден преку Мојсеј, слугата Божји, внимателно да се потчинуваат на секоја наредба, правило и указ кои се од Јахве, нашиот Господ:\n<sup>30</sup><Нема да ги даваме ќерките наши на другите народи и нивните ќерки нема да ги земаме за нашите синови.\n<sup>31</sup>Кога другите народи ќе носат стока или жито да продаваат во Сабота, нема да купуваме од нив ниту во Сабота, ниту кога е свет ден. Секоја седма година ќе ја одмараме земјата и ќе го простуваме секој долг.\n<sup>32</sup>Ќе си земеме обврска, почитувајќи ги наредбите, секој од нас да дава по една третина од шекел годишно, за службата во домот на нашиот Бог,\n<sup>33</sup>за лебот што се принесува, за редовниот житен принос и за редовните жртви паленици во Сабота, на Млада Месечина, за празници, за свети жрвувања, за жртви со кои Израел се кае за направените гревови, и за сите обврски во домот на нашиот Бог.\n<sup>34</sup>Ние, свештениците, Левитите и обичните луѓе, фрливме жрепка за тоа кој кога ќе носи дрва во домот на нашиот Бог, според семејствата на нашите татковци, во определените времиња секоја година, за да горат на жртвеникот на ГОСПОД, нашиот Бог, како што е запишано во Законот.\n<sup>35</sup>Ќе ги носиме секоја година во домот ГОСПОДОВ првите плодови од нашата земја, секој прв плод од секое дрво.\n<sup>36</sup>Како што е запишано во Законот, ќе ги носиме првородените од нашите синови и нашата стока, првородените од нашите стада крупен и ситен добиток во домот на нашиот Бог, кај свештениците, оние што служат во домот на нашиот Бог.\n<sup>37</sup>На тоа згора и првото сомелено брашно, приносите од плодовите на секое дрво, младото вино и масло ќе им ги носиме на свештениците за складиштата на домот на нашиот Бог, и десеток од нашата земја за Левитите, зашто тие, Левитите го собираат десетокот од она што сме го произвеле во сите наши градови.\n<sup>38</sup>Кога Левитите ќе го примаат десетокот, мора со нив да има свештеник, наследник на Аарон. Левитите исто така мора да донесат десетти дел од десетокот во домот на нашиот Бог, за складиштата на ризницата,\n<sup>39</sup>оти Израелците, вклучувајќи ги и Левитите, мора да даваат во складиштата принос во жито, младо вино, масло, а таму се чувааат светите предмети и престојуваат свештениците, служителите, вратарите и пејачите. Нема да го занемариме домот на нашиот Бог.“\n= Глава 11 =\n12 Нови доселеници во Ерусалим.\n<sup>1</sup>Водачите на народот се населија во Ерусалим, а останатите луѓе фрлија жрепка за да изберат по еден од десемина да живее во светиот град Ерусалим, а останатите деветмина да живеат во другите градови.\n<sup>2</sup>Луѓето ги пофалија сите оние што беа доброволци да живеат во Ерусалим.\n<sup>3</sup>Ова се водачите на областите кои се населија во Ерусалим (во градовите на Јуда живееја секој на својот имот, во своите градови, Израелци, свештеници, Левити, слуги во храмот и наследници на слугите на Соломон,\n<sup>4</sup>додека во Ерусалим живееја и од потомците на Јуда и од потомците на Бенјамин), од потомците на Јуда: Атаија, син на Уззија, син на Зехарија, син на Амарија, син на Шефатија, син на Махалалел, еден од потомците на Перес,\n<sup>5</sup>и Маасеја, син на Барух, син на Кол Хозе, син на Хазарија, син на Адаија, син на Јојарив, син на Зехарија, потомок на Шилони.\n<sup>6</sup>Вкупно од потомците на Перес во Ерусалим живееја 468 храбри мажи.\n<sup>7</sup>Ова се потомците на Бенјамин: Саллу, син на Мешуллам, син на Јоед, син на Педаија, син на Колаија, син на Маасеја, син на Итиел, син на Јешаија,\n<sup>8</sup>а по нив Габбај, Саллај - 928,\n<sup>9</sup>и Јоел, син на Зихри, заповедник над нив, и Јуда, син на Хассенуа, кој беше заповедник над Втората населба од градот.\n<sup>10</sup>Од свештениците, Једаија, син на Јојарив Јахин,\n<sup>11</sup>Сераија, син на Хилкија, син на Мешуллам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитув, надзорник над домот Божји,\n<sup>12</sup>и придружниците негови, оние што ја водат работата за храмот - 822 и Адаја, син на Јерохам, син на Пелалија, син на Амси, син на Зехарија, син на Пашхур, син на Малкија,\n<sup>13</sup>и продружниците негови, глави на семејствата - 242. Амашсај, син на Азарел, син на Ахзај, син на Мешиллемот, син на Иммер,\n<sup>14</sup>и придружниците негови, храбри борци - 128. Заповедник над нив беше Завдиел, син на Хаггедолим.\n<sup>15</sup>А од Левитите: Шемаија, син на Хашшув, син на Азрикам, син на Хашавија, син на Бунни,\n<sup>16</sup>Шаббетај и Јозавад, старешини од Левитите, надзорници на надворешните работи во домот Божји.\n<sup>17</sup>Матанија, син на Миха, син на Завди, син на Асаф, кој раководеше со благодарствените молитви, Бакбакуија, втор меѓу неговите придружници, Авда, син на Шаммуа, син на Галал, син на Једутун.\n<sup>18</sup>Вкупно во светиот град имаше 284 Левити.\n<sup>19</sup>Вратари беа: Аккув, Талмон и неговите придружници, кои ги чуваа портите - 172.\n<sup>20</sup>Остатокот од Израелците, свештениците и Левитите беа во своите градови во Јуда, секој на својот имот.\n<sup>21</sup>Слугите во храмот живееја во Офел, и над нив беа поставени Сиха и Гишпа.\n<sup>22</sup>Заповедник на Левитите во Ерусалим беше Уззи, син на Бани, син на Хашавија, син на Маттанија, син на Миха. Тој е од наследниците на Асаф, кои пеат напред кога има служба на домот Божји.\n<sup>23</sup>Тие се под царска управа, и одредено е што тие секојдневно ќе работат.\n<sup>24</sup>Петахија, синот на Мешезавел, еден од потомците на Зерах, син на Јуда, му беше при рака на царот во сите односи со народот.\n<sup>25</sup>А што се однесува до селата и полињата, некои од Јудејците живееја во Киријат Арба и неговите населби, во Дивон и неговите населби, во Јекавсеел и неговите села.\n<sup>26</sup>во Јешуа, Молада, Бет Пелет,\n<sup>27</sup>во Хасар, Шуал, Беер Шева и нејзините населби,\n<sup>28</sup>во Сиклаг, Мехона и нејзините населби,\n<sup>29</sup>во Ен Риммон, Сора, Јармут,\n<sup>30</sup>Заноах, Адуллам и неговите села, Лахиш и неговите полиња, Азека и неговите населби. Така тие живееја од Беер Шева до долината Хинном.\n<sup>31</sup>Наследниците на Бенјамин живееја од Гева, Михмас и Аија, Бет Ел и неговите населби,\n<sup>32</sup>Анатот, Нов и Ананија,\n<sup>33</sup>Хасор, Рама, Гиттаим,\n<sup>34</sup>Хадид, Севоим, Неваллат,\n<sup>35</sup>Лод, Оно, Долината на Занаетчиите,\n<sup>36</sup>А некои одреди од Левитите се населија во Бенјамин.\n= Глава 12 =\n13 Свештениците и Левитите.\n<sup>1</sup>Ова се свештениците и Левитите кои се вратија заедно со Зерувавел, син на Шеалтиел, и со Јешуа: Сераија, Еремија, Езра,\n<sup>2</sup>Амариај, Маллух, Хаттуш,\n<sup>3</sup>Шеханија, Рехум, Меремот,\n<sup>4</sup>Иддо, Гинетој, Авија,\n<sup>5</sup>Мијамин, Маадија, Билга,\n<sup>6</sup>Шемаија и Јојарив, Једаија,\n<sup>7</sup>Саллу, Амок, Хилкија, Једаија, ова беа водачите на свештениците и нивните придружници во деновите на Јешуа.\n<sup>8</sup>А Левитите беа: Јешуа, Биннуи, Кадмиел, Шеревија, Јуда, Маттанија, кој ги водеше благодарствените песни, заедно со неговите придружници,\n<sup>9</sup>Бакбукија, Уни и неговите придружници, кои беа спроти нив во текот на службата,\n<sup>10</sup>Јешуа, му беше татко на Јојаким, Јојаким му беше татко на Елијашив, а Елијашив му беше татко на Јојада.\n<sup>11</sup>Јојада му беше татко на Јонатан, Јонатан му беше татко на Јаддуа.\n<sup>12</sup>Во деновите на Јојаким глави на свештеничките семејства беа: на семејството Сераија - Мераија, на Еремија - Хананија,\n<sup>13</sup>на Езра - Мешуллам, на Амарија - Јехоханан,\n<sup>14</sup>на Малух - Јонатан, на Шеванија - Јосеф,\n<sup>15</sup>на Харим - Адна, на Мерајот - Хелкај,\n<sup>16</sup>на Иддо - Зехарија, на Гиннетон - Мешуллам,\n<sup>17</sup>на Авија - Зихри, на Минјамин и Моадија - Пилтај,\n<sup>18</sup>на Билга - Шаммуа, на Шемаија - Јехонатан,\n<sup>19</sup>на Јојарив - Маттенај, на Једаија - Уззи,\n<sup>20</sup>на Саллај - Каллај, на Амок - Евер,\n<sup>21</sup>на Хилкија - Хашавија, на Једаија - Нетанеел.\n<sup>22</sup>Главите на Левитските семејства во деновите на Елијашив, Јојада,\nЈоханан и Јаддуа, како и свештениците, беа запишани во времето на владеењето на Персијанецот Дарие.\n<sup>23</sup>Потомците на Леви, главите на семејствата, беа запишани во книгата на летописите од тоа време, па сѐ до деновите на Јоханан, син на Елијашив.\n<sup>24</sup>Водачи на Левитите беа Хашавија, Шеревија и Јешуа, син на Кадмиел, заедно со нивните придружници кои стојат спроти нив, да слават и оддаваат благодарност, секој спроти своите, како што беше пропишано од Божјиот човек Давид.\n<sup>25</sup>Маттанија, Бакбукија, Овадија, Мешуллам, Талмон и Аккуб беа вратари пред портите на складиштата,\n<sup>26</sup>во деновите на Јојаким, син на Јешуа, син на Јосадак и во деновите на управникот Нехемија и Езра, свештеник и познавач на Законот.\n14 Посветување на ѕидините.\n<sup>27</sup>А кога се посветуваше ѕидот на Ерусалим, ги побараа Левитите од сите нивни живеалишта, за да ги доведат во Ерусалим, да го прославуваат посветувањето, да се радуваат и да оддаваат благодарност со музика од кимвали, харфи и лири.\n<sup>28</sup>Доведени беа и синовите на пејачите од областа околу Ерусалим и од селата на Нетофати,\n<sup>29</sup>од Бет Гилгал, од областите на Гева и Аземавет, зашто беа изградиле села за пејачите околу Ерусалим.\n<sup>30</sup>Кога се очистија свештениците и Левитите, го очистија народот и портите на ѕидините.\n<sup>31</sup>Тогаш ги качив водачите на Јуда на ѕидот и назначив два големи хора. Едниот направи поворка на десно по ѕидините кон Портата на Буништето.\n<sup>32</sup>По него одеше Хошаија и половината од водачите на Јуда,\n<sup>33</sup>заедно со Азарија, Езра и Мешуллам,\n<sup>34</sup>Јуда, Бенјамин, Шемаија и Еремија,\n<sup>35</sup>некои свештениците со труби, како и Зехарија, син на Јонатан, син на Шемаија, син на Маттанија, син на Михаија, син на Заккур, син на Асаф,\n<sup>36</sup>и нивните придружници Шемаија, Азарел, Милалај, Гилалај, Маај, Нетанеел, Јуда и Ханани, со музички инструменти од Божјиот човек Давид. Пред нив одеше Езра, познавач на Законот.\n<sup>37</sup>Пред Портата на Изворот се искачија по скалите на Давидовиот град, по угорнината на ѕидот, поминаа над куќата на Давид, сѐ до Водната порта на исток.\n<sup>38</sup>Вториот хор направи поворка кон спротивната страна и јас одев со нив, со половината од народот по горниот дел на ѕидот, покрај Портата на Печките, сѐ до Широката порта,\n<sup>39</sup>над Ефраимовата порта, над Портата на Јешана, над Рибјата порта, и кулата на Хананел, кулата на Стоте, сѐ до Овчјата порта, и застанаа кај Портата на Стражата.\n<sup>40</sup>Двата хора зазедоа место во Божјиот дом, а со нив и јас и половината од службениците со мене,\n<sup>41</sup>свештениците Елијаким, Маасеја, Мијамин, Михаија, Елоејани, Зехарија и Хананија со труби,\n<sup>42</sup>а исто и Маасеја, Шемаија, Елеазер, Уззи, Јехоханан, Малкија, Елам и Езер. Пејачите пееја под водство на Језрахија.\n<sup>43</sup>На тој ден принесоа големи жртви и се радуваа, затоа што Бог им даде радост, задоволство големо. Заедно со нив се радуваа и жените и децата. Радосните гласови од Ерусалим надалеку се слушаа.\n<sup>44</sup>Во тоа време беа назначени надзорници над складиштата од ризницата, за доброволните прилози, за првите плодови, за десетоците, кои треба да се носат во нив од полињата околу градовите, толку колку што е определено со Законот за свештениците и Левитите, затоа што Јудејците беа задоволни од свештениците и Левитите кои служеа.\n<sup>45</sup>Тие ја обавија службата на нивниот Бог, и службата за очистување, а истото го направија и пејачите и вратарите, согласно со наредбите на Давид и неговиот син Соломон.\n<sup>46</sup>Многу одамна, во деновите на Давид и Асаф, имаше раководители над пејачите на песни за слава и благодарност кон Бог.\n<sup>47</sup>Затоа сега во времето на Зерувавел и Нехемија сите Израелци издвоија придонеси за пејачите и вратарите, колку една дневница. Оставија и за Левитите, а Левитите оставија за наследниците на Аарон.\n= Глава 13 =\n15 Последните реформи на Нехемија.\n<sup>1</sup>Тој ден беше читана Мојсеевата книга, и луѓето слушаа, па се најде дека е запишано во неа Амониец или Моавец засекогаш да не смее да влезе во Божјото собрание,\n<sup>2</sup>затоа што не ги пречекаа синовите Израелеви со храна и вода, туку го најмија против нив Балаам за да ги проколне. Но нашиот Бог ја претвори таа клетва во благослов.\n<sup>3</sup>Кога го слушнаа овој закон, ги исклучија од Израел сите што имаа туѓинско потекло.\n<sup>4</sup>А пред ова, свештеникот Елијашив беше назначен да раководи со складиштата на домот на нашиот Бог. Тој му беше близок на Товија,\n<sup>5</sup>и му даде голема просторија, таму каде што порано се чуваа житните приноси, темјанот, разните предмети, десетокот од житото, младото вино и маслото кои се пропишани за Левитите, пејачите и вратарите, а истовремено се и придонес за свештениците.\n<sup>6</sup>Но додека ова се случуваше, јас не бев во Ерусалим, затоа што во триесет и втората година на Артаксерксес, царот на Вавилон, јас се вратив кај царот. По некое време го замолив царот\n<sup>7</sup>и се вратив назад во Ерусалим, па дознав за злите нешта што ги направил Елијашив, за да му обезбеди на Товија простор во дворот на Божјиот дом.\n<sup>8</sup>Тоа многу ме онерасположи, па ја исфрлив целата покуќнина од домот на Товија надвор од просторијата.\n<sup>9</sup>Наредив и ги очистија собите, па повторно ја вратив назад опремата на Божјиот дом, заедно со житниот принос и темјанот.\n<sup>10</sup>Дознав и тоа дека делот на Левитите не им бил даван, па тие се вратиле секој на своите ниви, и Левитите и пејачите кои се задолжени за службата.\n<sup>11</sup>Затоа ги прекорив оние во чии раце е власта и ги прашав: „Зошто е занемарен Бојиот дом?!“ Ги свикав заедно и ги поставив секој на неговото место.\n<sup>12</sup>Сите од Јуда донесоа десеток во жито, младо вино и масло во складиштата.\n<sup>13</sup>За раководители со складиштата ги поставив свештеникот Шелемија, Садок, познавач на Законот и Педаија од Левитите, а при рака да им биде Ханан, син на Заккур, син на Маттанија, затоа што беа сметани за чесни. Нив им беше доверено да им распоредуваат на своите браќа.\n<sup>14</sup>Спомни си за мене Боже мој заради сево ова, не бриши ги моите дела и служби што верно ги направив во домот на мојот Бог.\n<sup>15</sup>Во тоа време видов во Јуда како луѓе гмечат грозје во каца во Сабота, како донесуваат снопје товарено на магариња, винско грозје, смокви и секаков товар носат во Ерусалим во Саботен ден. А веќе ги бев предупредил да не продаваат храна на тој ден.\n<sup>16</sup>Луѓе од Тир живееја во градот и носеа риба и разни трговски стоки во Ерусалим, па продаваа во Сабота на Јудејци.\n<sup>17</sup>Тогаш јас ги прекорив благородниците на Јуда и им реков: „Што е оваа зла работа што ја правите - го сквернавите Саботниот ден!\n<sup>18</sup>Зарем не правеа исто и вашите предци, па ја донесе нашиот Бог целата оваа несреќа врз нас и врз овој град?! Сега вие повторно го потпалувате гневот против Израел, сквернавејќи ја Саботата!“\n<sup>19</sup>Затоа наредив откако ќе падне сенка врз ерусалимските порти, ден пред Сабота, вратите да се затворат и да не се отвораат сѐ додека е Сабота. Поставив свои луѓе крај портите, за да не дозволуваат да се внесува товар во Саботен ден.\n<sup>20</sup>Трговците и продавачите ја преседоа ноќта надвор од Ерусалим еднаш, двапати,\n<sup>21</sup>но јас ги предупредив и им реков: „Што дремете пред ѕидините!? Ако ве видам уште еднаш, ќе пострадате!“ Оттогаш не доаѓаа во Сабота.\n<sup>22</sup>Потоа им наредив на Левитите дека тие мора да се очистуваат самите себе и да одат да ги чуваат портите, за да се сочува света Саботата. И за ова спомни си Боже мој, и покажи милост кон мене, според Твојата голема љубов!\n<sup>23</sup>На тоа згора во тие денови видов Јудејци како се женат со Ашдотки, Амонки и Моавки.\n<sup>24</sup>Половината од нивните деца зборуваат ашдотски, или јазик на некој друг народ, и не знаат да зборуваат јудејски.\n<sup>25</sup>Затоа ги прекорив, ги проколнав, а неколку од нив претепав и им ја искубав косата, па ги натерав вака да се заколнат во Бог: „Да не ги давате своите ќерки, за нивните синови, и да не зимате од нивните ќерки за вашите синови или за вас!\n<sup>26</sup>Зарем не беше тоа причината зошто грешеше Соломон, царот на Израел? А меѓу многу народи немаше таков цар како него и беше сакан од неговиот Бог, па го направи него Бог цар над целиот Израел. Дури и него туѓинките го наведоа на грев!\n<sup>27</sup>Мора ли сега да слушаме дека и вие ги правите сите тие страшни зла, дека сте му неверни на нашиот Бог, и се жените за туѓинки.“\n<sup>28</sup>Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на хорониецот Санваллат, и го избркав од мене.\n<sup>29</sup>Спомни си за нив, Боже мој, заради тоа што ја осквернија свештеничката должност и заветот на свештенството и Левитите.\n<sup>30</sup>Потоа ги очистив од сѐ што е туѓинско, и им дадов задачи на свештениците и Левитите, на секого според неговата работа.\n<sup>31</sup>Ги средив работите и во врска со приносите во дрва, во времето што е за тоа определено, и во врска со првите плодови.\nСпомни си за мене Боже мој со милост!\n16 Забелешки", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 8416, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9684", "title": "Инаугурациски говор на Гордана Сиљановска-Давкова", "text": "Почитувани и сакани граѓани,\nПочитувани пратенички и пратеници,\nПочитувани гости,\nПочитувани екселенции,\nМоите зборови се во битка со емоциите. Признавам. Не можев да замислам дека ваква доверба ќе добијам од над 560 000 граѓани. Сè уште не ми се верува. Единствениот човек кој тврдеше дека ќе се случи тоа е господинот Христијан Мицковски, а јас одговарав не е можно. Ама тој тврдеше дека не е како мене професор по уставно право, туку дека е математичар и дека тоа ќе се случи кога ќе има хармонија меѓу математиката и меѓу емоциите. Ги знаете моите тези. Само ќе ги повторам, но потоа би сакала да се обратам на оние заради кои се нафатив, оние кои сакам да ги инспирирам, оние кои на западен Балкан нечесто се претседателки на држави, сакам да им се обратам на жените.\nНо, најпрво ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите. Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани. Нема да правам разлика меѓу нив ниту по етничка, ниту по верска, ниту по полова, ниту по било која друга разлика. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку се и најголемата обврска што сум ја имала во животот. Ќе сторам сè за да ја оправдам.\nПочитувани, време е за единство. И затоа реков дека ќе им се обратам на жените. Бидејќи единството може да значи и женска филозофија, женска автентичност. Бидејќи ние умееме да се грижиме не само за себе, туку пред сѐ за сите останати. Среќна сум што деновиве првите честитки дојдоа од жени. Имав телефонски разговор со претседателката на Словенија, прекрасен, женски. Роденденот, нема да верувате го поминав со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, исто така во еден женски разговор. Тоа се нешта што во животот ќе ги носам со себе. Првите честитки дојдоа од Дорис Пак, понатаму од моите колешки, не само од Венецијанската комисија и од универзитетите, туку од сите континенти и од сите области.\nЗошто сакам да го посветам овој говор на жените?\nПрво, во ова Собрание јас законите ќе ги читам и ќе се обидам да укажам на женски начин дека не мора да дојде до вето. Дека може да направиме преку обраќањето некои корекции. Исто така, кога ќе именувам или кога ќе предлагам членови на Судскиот совет или на Уставниот суд или на било кој орган се разбира дека ќе тргнувам од стручноста и компетентноста. Знаете зошто? Затоа што жените се таму на вистинските функции каде што се ценат стручноста и компетентноста. За жал, ги нема во политиката.\nИ јас затоа сум среќна што ќе инспирирам други жени. Ако можам јас да бидам претседателка можете да бидете и вие. Запоменте! Што сакам друго да кажам? На западниот Балкан и на Балканот сè уште е жив патријархатот. Затоа јас мислам дека силните жени на поинаков начин можат да ги решаваат проблемите меѓу сите, и меѓу мажите и жените, и меѓу нациите и меѓу државите. Цврсто верувам во тоа. Дека сум во право покажува и следново оваа држава не ја бранеле, или не ја имаме само благодарение на комитите, туку и на комитките како Сирма Војвотка. Оваа земја ја немаме само заради партизаните, туку заради и партизанките, од Вера Циривири, Вера Јоциќ, Ибе Паликуќа. Значи, на шеснаесетгодишна возраст и тие стекнувале избирачко право.\nМногу храбри жени и многу умни жени сум видела во овој парламент. Но, се чудев зошто ги нема? Зошто немаме жена-премиер? Зошто не сме имале жена-претседателка на Собрание? Зошто да немаме жена претседателка на државата? И, еве, се случи и тоа. Јас ќе го пробивам патот. Ама овде и од десно, среде и од лево, јас гледам многу умни, многу посветени, жени кои ќе ги носам не само во умот, туку и во срцето. Значи, политиката најчесто беше не уметност на можното, туку беше кој, кога и како добива. Нас нѐ немаше на врвните функции. Значи, ние можеме да ја развиваме политиката како уметност на неможното, не само на можното.\nМногу убаво звучи кога ќе чуете дека зад успешните политичари или мажи стојат прекрасни жени. Еве, јас ја користам приликата да кажам дека зад успешни жени стојат прекрасни мажи, како мојот сопруг. Тој прифати животот да ни биде вистински натпревар не само со емоции, туку со аргументи и во кариерата. Ама за време на кампањата или пред кампањата јас доживеав да ми биде укажана доверба од човек кој не го познавав претходно, јас господинот Христијан Мицковски пред 2019 година само еднаш го видов на телевизиските екрани. Значи, довербата е многу важна. Довербата е многу важна, и јас ќе ја оправдам. Не! Не, заради одговорност или долг кон партија или кон политика. Не! Затоа што добив шанса да бидам опкружена со многу, многу жени. И би сакала да споменам некои од нив.\nДа не беа со мене волонтерките, бидејќи јас сум опкружена со волонтерки и волонтери, јас не ќе можев да ја издржам кампањата. Требаше критика. Беа потребни совети, беше потребна поддршка. Оти моето мото, оние кои ме познаваат овде знаат дека е - не опкружувајте со со обожавателки и обожаватели, туку само со критичарки и критичари. Само тие ви мислат добро. Зошто бев премногу, морам да кажам релаксирана? Затоа што жените околу мене не беа само Македонки, ниту мажите околу мене не беа само Македонци. Тоа сите го видовте. Во мојот тим токму како во мојата програма отпечатена на сите јазици, беа и жени и мажи Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби. Веројатно, видовте кога ја читаа програмата на нивниот јазик. Таков ќе биде и мојот кабинет. Ама првиот и основниот критериум за дружење со мене е стручност и компетентност, па потоа било која друга припадност. Мислам дека само така се разбира жените ќе имаат предност. Зошто? Бидејќи досега не им беше дадена.\nЗатоа јас имам посебна обврска. Кон кого? Кон мажите. Ние мораме не само да ја феминизираме политиката, туку исто така и да им помогнеме на мажите да сфатат дека не смееме да се откажуваме, тоа е еманципација од 50% знање, ум, енергија, креација, убавина. Никој нема право да го прави тоа. И постојано велам треба да го следиме ритамот на природата. Таа е совршен креатор. Хармонизира. Затоа, јас не го знам точно соодносот на жените и мажите во следниот пратенички состав, но многу би сакала да направиме чекор напред во оние 42%.\nЗошто, верувајте ми, повторувам, имало овде прекрасни моменти. Имало во политиката за жал и судири. Ама ние жените овде и во Клубот на пратеничките и во Комисијата за еднаквоста за жените и мажите и кога одевме надвор умеевме да ја претставиме Македонија како умна, стамена, достоинствена жена. Знам дека не смеам да должам. Не случајно, држава е во женски род, политика е во женски род, демократија е во женски род, Македонија е во женски род. Помогнете им пратеници-витези на жените да го изразат тоа што го имаат, а што не можеле досега. Јас ви ветувам дека тоа ќе го направам и дека сите вие ќе бидете горди на Македонија како што и јас сум на мојот народ, како збир на индивидуи и граѓани, и мислам дека така ќе помогнеме и да се европеизираме и да ги надминеме балканските поделби и делби.\nНикогаш не ни било потребно поголемо единство. Можеби некој ќе замери дека го споменав господинот Мицковски, ама еве го пред мене господинот Ковачевски. Сакам и него да го споменам. И тој се одважи да ми се јави. Не само на Фејсбук да ми посака добредојде и успешна работа, туку да поразговараме. Затоа мислам дека со нас жените ќе се менувате и вие мажите политичари и Македонија ќе стане едно пристојно место за соживот на сите. Искористете го умот! Искористете го, не заборавајте ги! На сите! Така мислам дека ќе ги охрабриме и оние надвор, бидејќи покрај жените мојата болка и радост се младите. Не случајно се родиле овде. Ајдете да исчекориме. Ајдете да се обидеме да смениме нешто во политиката како арена во која навистина сите средства понекогаш се дозволени. Не! Лекција имаме. Тешка лекција имаме. И кога ве гледам вака знам дека има шанса за сите нас. Како што имаше шанса во театарот кога ми пријдоа многу пратнички од СДСМ да ми честитаат велејќи дека нема разлика меѓу нас, сите ќе помогнат, така барам и од вас пратенички и пратеници да имате разбирање за моите обраќања, да имате разбирање евентуално за моето вето, да имате разбирање за моите предлози, да имате разбирање за мојата меритократија во надворешната политика.\nИ, на крајот, владеење на правото е тоа што може да ја направи оваа земја европска држава. Владеење на правото, не владеење на малкумина, не владење на неколку мажи. Мислам дека ќе ми помогнете, а и јас вам.\nБлагодарам.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BD%D0%B0%D1%83%D0%B3%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%B8%D1%99%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%94%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0", "word_count": 1443, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9703", "title": "Силјан штркот (1892)", "text": "Во сéлото Мáло Кóньари Кóньари и́маше éден чóек мнóгу чéсен и крóток, на и́ме Божин. Тói и́маше сáмо éден си́н на и́ме Си́льан; и́маше Бóжин и éдна кьерка: Си́льан бéше мнóгу гáлен и óт татка и óт мáiка, чу̀нкьи от мнóгу си́нои Божи́ноi сáмо Си́льан бéше óстанал жи́в, та от тóа бéше гáлен мнóгу и бéше го ожéниле у̀ште на шеснáесет гóдини и на седумнáесетте гóдини му се рóди на Си́льана éдно дéте мáшко, му го ви́каа Вéлко.\nБидéiкьи гáлен Си́льан и аджáмиia, и́ч кéв нéмаше да рáботит сéлцката рáбота: орáньето, ни́вьето, копáньето, лóзьата, жниéньето, ни́вьето, вѫршéньето и óвците глéданье остáени беá на Бóжина и на Божи́ница. Нéда, невестáта му и сéстра му, ти́е да ia рáботат ку̀кньата рáбота, а пáк Си́льан кéв и́маше пазарджибáшиа да би́дит; да беше кáбил кáтаен да óiт нá Прилеп нá пазар, да ку̀пуат ви́но и рáкьиа и дру̀зи слáткьи рáботи.\nСéкое óденье нá пазар, Си́льан, у̀ште нé слезен óт конь, прáо ке пóидеше кái лебарни́ците и ке зéмеше éден топóл сомун áс екмек и ке си ку̀пеше тáн алва, та ке iáдеше. „Е, кога ми е пóсладок сóмунов со тан áлвава, бре брáкьа, му вéлел на другари́те си, како да iáдам óт дома ѫржани леп?“ На ти́е збóрои и дру̀зи Си́льанои, што му и вéлел на другáрите си, ти́е у̀ште пóеке го насѫрчу̀але да iáдит нái слаткьи рáботи, чу̀нкьи покрái него и́ тие iиаделе и пи́еле. Нéкоi пат кé одел нá пазар, тикьи ако му се нáiдеа пóечко пáри, двá-три дни не си́ идел ни во нái си́лната рáбота дóма.\nМногу̀ пати тáтко му го скару̀аше, за дека се зáбаал в грáт и не му̀ идел да му пóмага во рáбота; áрно, áма Си́льан беше вáтил еден лош пáт, ти́кьи и́ч не го слу̀шаше тáтка си и мáiка си, што ти вéлаат вái, бái да не се нáстѫрвит пéс на касáпница, да пóсле мáчно ie да се óдучит. Многу̀ пати тáтко му го поучу̀аше со кроóтко, до кóлку знáеше си́ромав Бóжин, и мнóгу при́мери му нóсел гьéоа да се тѫргни Си́льан от тói пу̀сти áiльазлѫк.\n„Си́нко бре, чéдо бре, Си́льане! óстаi се, бре, чедо от лóшио áiльазлѫк, што си го вáтил; óстаi е от ти́е лóши дру̀гари, што не сет домакинцкá челат; тие те лáжат, бре си́нче, да áрджиш пáри по пу̀стина, та и́ ти да се осирóмаш пóсле како нив! Нéмоi, бре чéдо, нé оди по уми́штата от ти́е дру̀гари; слу̀шаi ме, си́нко, iас што те у̀чам и мáiка ти, óти ке те вáти нéкоа клéтва óт нас, брé си́нче Си́льане! Вéруi, си́нко, óти сéкоi си́н и кéрка, што неслу̀шале тáтко и мáiка, гóлемо накáзание от Бога дóбиле. Слу̀шаi, си́нко, нéшто што ми́ текна да ти кажам: за Си́вета и Чу̀лета. Тиé две пи́", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B8%D0%BB%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D1%88%D1%82%D1%80%D0%BA%D0%BE%D1%82_%281892%29", "word_count": 526, "cyrillic": 0.996}
{"id": "9708", "title": "Близу до градот, во Скопје", "text": ":Близу до градот, во Скопје,\n:ме јотепаја, аман, аман.\n:Без да ме види мајка ми,\n:ме закопале, аман, аман.\n:— Не жали, мајко, не плачи,\n:Јаска погинав за слобода\n:на Македонија, аман, аман.\n:Мали, големи, трчајте,\n:сите војници, аман, аман.\n:Германот да го истераме\n:до града Берлина, аман, аман.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D1%83_%D0%B4%D0%BE_%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82%2C_%D0%B2%D0%BE_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5", "word_count": 48, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9704", "title": "Адамъ и Ева испѫдени отъ Рай", "text": "От коа му грешиа на Бога Адам и Ева, и истерал от раио надвор (навънъ). Прошетаа окулу раiо некоi саат и бидеiки било приквечер, се стемнило. Седнале до едно дрѫво и, уплашени от темницата, се пулеле и назат, и напрет, и надесно, и налево, от страот на темницата. „Ах, Ево, Ево, iе велел Адам, заошто ме излага да каснам от дѫрвото и да му грешам на Бога? И да сум истеран от светлиiо раi? та да седам во оваа темница со страв и трепет, без да имам некоi при мене; леле iас сиромав, дали ке имам избавиште от ова страшило, што ме наклапушило сега?“ Ева само слушала и овкала и пѫрстите от рацете си и кѫршела, а пак Адам плачеiки и овкаiки се туткал во Ева, и от страв на темницата си и покривал очите со рацете.\nСето тоа гьаолот беше го слушал и нему се казал на адама и Ева, дури приближало зора да пукнит. „О, о, добро утро, Адаме, и ти Ево, му рекол, што нешто сте се уплашиле и сте се стуткале? Дали и вам Госпот ве истерал, како што ме истера мене?\n„Е, е, море гьаоле, му рекла Ева, немат кабает Госпот што не истера, туку ти ми имаш кабает што не излага да касниме от дѫрвото. И на место да ни се отворат очите, еве ни се затвориа, от оваа лоша и страшна темница, што не наклапушила“. „Не боiте се, Ево, не боiте се, ie рекол гьаолот, и не страшете се от темницата, оти iaс сум цар на неiа; сега бѫрго ке одам и ке ви донесам светлина; немаiте гаiле, лели ве донесе кѫсметот под моiата рака, само ако ме слушате мене што ке ви велам, цареи ке бидите на земьава; што сакате, ке си праите“. „Ов море гьаоле, ов море брате, му рекол Адам, ако ни се наiдиш на овоi саат и да ни донесиш бело видело, нема никоi пат да те забораиме“. „Пеки, Адаме, му рекол гьаолот, потраiте со Ева малце, дури да поiдам за да ви донесам бело видело, ама гледаi вамо, Адаме, немоi нешто пишман после да се сториш и да се откажиш от мене“. „У, у, брате гьаоле, збор е тоа да се откажам от тебе? Ни во вьеки нема да се откажам; вака да ме знаеш ти мене; подаi малио пѫрс за да се заортачиме“, му рекол Адам. „Мошне арно, Адаме, му рекол гьаолот, лели велиш така, аi удри си пѫрстот на плочава што е пред мене, за да ни е салам работата и зборот, за от сега вамо ке бидеме бракьа и челат твоi што ке ти се родат, живите да бидат твоi, умрените моi“.\nСе свѫрте Адам от каi Ева и iе рече: „Е Ево, што велиш на ова згора? Дали да удрам пѫрстот на плочава, за да бидиме ортаци на челатта со гьаолот? Ете тоi вели: живите ке бидат наши, а умрените да сет негои“.\n„Е, лели живите ке бидат наши, му рекла Ева, умрените нека се негои, само виделина нека ни донеси, да удри му пѫрсто и ич не боi се.“\nОт кога чу адам от жената си Ева тоi збор, склони да си удри пѫрсто на плочата, што му iа покажа гьаолот.\n„Е ai кажи ми, бре гьаоле, му рекол Адам на гьаолот, како да го удрам пѫрсто на плочата?“\nМу iа ватил гьаолот раката десна на Адама и му го надраскал со ноктот пѫрстот, та го раскѫрвавил и писал со кѫрвта сенет (записъ) за умрените да бидат от гьаоло, а живите от Адама. На часот iа грабнал плочата гьаолот и летнал со неа, та iа однесол во реката Еордан, во наi-длабокото место и, дури се вратил от Еордан, се раздени.\nЕдно дошол пред Адама и Ева гьаолот, и му рекал: „Е Адаме, и ти Ево, видовте, оти ви iа донесов виделината? Аi сега станете да ве научам да напраите кукьа“.\nСтана Адам и Ева и тѫргнаа да одат по гьаола, да и учи да си напрат кукьа. И водил по себе и учил гьаолштинье; близу приквечер и натерал да соберат суи дѫрвьа и да напраат една колиба. „Клаi го ова дѫрво, Адаме, му рекал гьаолот, со чапорешкава от десно; клаi го другово от лево на еден чекор, на широко, стави i двата краia горе; клаi едно озгора i клаi и друзи от страните; а сега набери трева навѫрлаi на дѫрвата и влезете си со Ева в натре да си спиете и ич не боiте се дури сум жив iас“.\nЗеде Адам еден остѫр камен, како што го учеше гьаолот, зарамни местото, каi што ке праеше колибата, и iа напраi како што го учеше гьаолот, и си влегол со Ева да си седи.\nОт тоi ден веке Адам се со гьаолот си живеел и го слушал се што му велел; покраi Адама и Ева со се челатта му го слушале и негои биле, при се што беше си дал Адам имза за от коа ке умрат децата от Адама да бидат негои. От кога умрел Адам, си влегол во вечната мака, при гьаоло и седел тамо, дури дошол Христос на земьава и се кѫрстил во р. Еордан от Иоана; каi што застанал Христос во Еордан била плочата со имзата от Адама, што му ia зел гьаолот. Со кѫрштеньето Христово се скинал сенето от Адама и кога влегол Христос во вечната мака, го изваил Адама и сите му синоi; само еден остаил Христос во вечната мака. От страот на Христа сите гьаоли беа избегале от вечната мака. Останатио чоек во вечна, кога се видел сам, сакал да излези от вечна, ама неможел; измислил еден маривет: зел коноп и ватил да сучи ортома многу дебела. Дошол еден гьаол, та го прашал, заошто и сучел ортомите; тоi му рекол ке и вѫрзел сите гьаоли и ке и носел при Христа. Кога се научиле гьаолите, оти ке и вѫрзуал, сториле еден мезлич и се собрале сите, та ти го грабнале чоекот и ти го исвѫрлиле от вечната мака надвор. От тогаi навамо немало никоi веке во вечна мака.\nСлушана отъ Филипа Г. Яневъ", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%B4%D0%B0%D0%BC%D1%8A_%D0%B8_%D0%95%D0%B2%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D0%BF%D1%AB%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BE%D1%82%D1%8A_%D0%A0%D0%B0%D0%B9", "word_count": 996, "cyrillic": 0.995}
{"id": "9707", "title": "Дувни издувни тихи вардарец", "text": ":Дувни, издувни, тихи Вардарец,\n:дувни, издувни низ Велешкото.\n:Низ Велешкото, сè до град Скопје,\n:Там’ е убиен борец народен,\n:там’ е убиен Страшо Пинџурот.\n:Он е убиен ѕверски, крвнички,\n:он е убиен од фашистите.\n:Старо и младо жално жалеат,\n:старо и младо песни му пеат:\n:„Стани ми, стани ти Страшо Пинџур,\n:стани да видиш борци народни.\n:Они ти пеат, гордо чекорат,\n:за да зацари твојот силен дух.“", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D1%83%D0%B2%D0%BD%D0%B8_%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%BD%D0%B8_%D1%82%D0%B8%D1%85%D0%B8_%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%86", "word_count": 67, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9709", "title": "Собрале се млади партизани", "text": ":Собрале се млади партизани,\n:собрале се на Китка Планина,\n:собрале се на Китка Планина.\n:Формирале Дванаеста Бригада,\n:другар Бузо командант им беше,\n:другар Бузо командант им беше.\n:— Слушајте ме, браќа партизани,\n:да појдеме горе на врв Водно,\n:да појдеме горе на врв Водно.\n:И од таму борба да водиме,\n:да ослободиме поробено Скопје,\n:да ослободиме поробено Скопје.\n:Па ми почна борба да се води,\n:ослободива поробено Скопје,\n:ослободива поробено Скопје.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8", "word_count": 70, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9706", "title": "Извикна Стојан, провикна", "text": ":Извикна Стојан, провикна,\n:од високите планини:\n:- Дочуј ме мајко, дочуј ме,\n:јас ќе се сторам партизан!\n:Другари верни, другари,\n:одам во борба за слобода,\n:одам во борба за слобода,\n:за наша Македонија.\n:Јас ќе се сторам партизан,\n:планини мајко ќе шетам,\n:планини мајко ќе шетам,\n:верна дружина ќе водам.\n:Другари верни, другари,\n:одам во борба за слобода,\n:одам во борба за слобода,\n:за наша Македонија.\n:Пушка на рамо ќе носам,\n:клети фашисти ќе косам,\n:планини мајко ќе шетам,\n:верна дружина ќе водам.", "subject": ["Македонски народни песни", "Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%2C_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B0", "word_count": 82, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9143", "title": "Уставен закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија", "text": "0.1 I. ОСНОВНИ НАЧЕЛА\n0.1.0.1 1) Народна Република Македонија\nНародна Република Македонија е социјалистичка демократска држава на работниот народ на Македонија доброволно соединет со работниот народ од другите народни републики во Федеративна Народна Република Југославија како сојузна држава на суверени и рамноправни народи.\nСекоја власт во Народна Република Македонија му припаѓа на работниот народ.\nРаботниот народ ја врши власта и управува со општествените работи преку свои претставници во народните одбори и Народното собрание, во работничките совети и во другите самоуправни органи, како и непосредно преку избирање, отповикување, референдум, собири на избирачите, совети на граѓаните, учество на граѓаните во управата и правосудството и преку други форми на непосредно управување.\nОпштествената сопственост на средствата за производство, самоуправувањето на производителите во стопанството и самоуправувањето на работниот народ во општината, градот и околијата се основа на општественото и политичкото устројство на земјата.\nЗагарантирано е самоуправувањето на работниот народ во областа на просветата, културата и социјалните служби.\nСамоуправувањето на производителите и работниот народ се остварува во согласност со општите општествени интереси изразени во закон и други одлуки на претставничките тела на работниот народ - Сојузната народна скупштина, Народното собрание и народните одбори.\nЗагарантирани се:\n*слободното здружување на работниот народ за остварување на демократски политички, економски, социјални, научни, културни, уметнички, стручни, спортски и други заеднички интереси;\n*личните слободи и другите основни права на човекот и граѓанинот;\n*правото на работа.\nСамоуправувањето на производителите во стопанството се состои особено:\n*во правото на работните колективи да управуваат со стопанските организации непосредно и преку работничките совети, собранијата на земјоделските задруги и преку други претставнички органи што сами ги избираат и отповикуваат;\n*во правото на производителите да бидат избирани во претставничките тела во стопанските организации;\n*во правото на стопанската организација самостојно да ги утврдува своите стопански планови; во правото на стопанската организација, по извршување на општествените обврски, самостојно да располага со доходот на организацијата; при што на организацијата ѝ се гарантира минимумот определен со закон; во правото на стопанската организација во границите на својот доход да им ги определува заработките на трудбениците, при што на трудбениците во стопанските претпријатија со закон им се гарантираат минималните заработки од општествените средства;\n*во правото на производителите преку свои претставници во соборите на производителите да ги утврдуваат материјалните средства што се одделуваат за подмирување на општествените потреби и да одлучуваат за употребата на тие средства.\nПроизводителите ги остваруваат самоуправните права врз основа на Сојузниот устав, Уставот на НРМ и законите, а во рамките на општествените планови.\nРаботните колективи се здобиваат со самоуправните права со самото основање на стопанската организација.\nСамоуправувањето на работниот народ во областа на просветата, науката и културата и социјалните служби се остварува преку самоуправни установи, преку учество на претставници на професионалните и другите општествени организации и граѓаните во органите на управата од тие области, како и преку други форми на општествено управување.\nНародните одбори, како органи на народното самоуправување, се основни органи на власта на работниот народ од Републиката и највисоки органи на власта на општината, градот и околијата.\nНародниот одбор на околија го сочинуваат околиски собор и собор на производителите а народниот одбор на град го сочинуваат градски собор и собор на производителите.\nОдборниците на народниот одбор на општина, градскиот и околискиот собор ги избираат како свои претставници и ги отповикуваат граѓаните на општината, градот односно околијата, а одборниците на соборот на производителите на народниот одбор на град односно околија ги избираат и отповикуваат производителите од градот и околијата.\nНародниот одбор на град и околија избира судии и судии-поротници на околиски и окружен суд.\nРаботниот народ власта во општината, градот и околијата ја врши и непосредно преку референдум и собири на избирачите, преку учество на граѓаните во правосудството како судии-поротници, преку советите на народните одбори, совети и комисии на граѓаните, селски одбори, преку учество на граѓаните во органите на самоуправните установи во општината, градот и околијата, како и преку други форми на непосредно управување.\nРаботниот народ на Републиката остварувајќи го правото на самоуправување избира републички органи на власта и преку нив ги врши работите од општ интерес за републичката општествена заедница.\nПравата и должностите на републичките органи на власта се утврдуваат со Уставот на НРМ.\nСамо со закон може во општината, градот и околијата да се образуваат управни органи за вршење на работи од надлежноста на републичките органи на власта непосредно подредено на републичките органи на управата.\nРепубличките органи на власта имаат следни права и должности:\n*обезбедуваат плански развиток на стопанството во Републиката во рамките на единствениот стопански систем и општествениот план на Федеративна Народна Република Југославија;\n*се грижат за остварување и заштита на самоуправните права на производителите во стопанството и самоуправните права на работниот народ во општината, градот и околијата и во установите;\n*ги уредуваат прашањата од општ интерес за заедницата во областа на просветата, науката, културата, народното здравје и социјалната политика и обезбедуваат основни услови за развиток на просветата, науката и културата и за заштита на народното здравје; обезбедуваат единство на школскиот систем и наставата; се грижат за вршењето на социјалните служби;\n*се грижат за остварување и заштита на слободата и демократските права на граѓаните и нивната рамноправност без обѕир на народност, раса и вероисповед; ги штитат правата на националните малцинства во Републиката и го осигуруваат нивното рамноправно учество во општествениот живот;\n*обезбедуваат единство на правниот поредок на Републиката, законитост и единствено применување на законите;\n*се грижат за организирање и функционирање на органите на власта и ја ускладуаат работата на народните одбори во рамките на единствениот систем на власта;\n*го организираат правосудството на Републиката;\n*го обезбедуваат и штитат јавниот поредок на територијата на Републиката;\n*учествуваат во извршувањето на работите од исклуивата надлежност на Федерацијата во областа на заштитата на општественото и политичкото устројство и извршуваат други работи што им се определени со сојузни закони и други прописи.\nОвие права и должности републичките органи на власта ги остваруваат спрема надлежноста што им е уредена со овој закон.\nВон правата што со Сојузниот устав и Уставот на НРМ се утврдени за сојузните и републичките органи на власта, народните одбори ги вршат самостојно сите работи од општ интерес за заедницата во областа на стопанскиот, комуналниот, културниот и созијалниот живот и развиток на општината, градот и околијата.\nНародните одбори, на основа и во рамките на овластувањата што им се дадени со закон и општи прописи од повисоките државни органи, донесуваат дополнителни прописи за уредување на работите од својата надлежност, а во работите од непосреден интерес за стопанскиот, комуналниот, културниот и социјалниот развиток на општината, градот односно околијата што не се уредени со закон самостојно донесуваат прописи и други акти.Народните одбори непосредно ги извршуваат сојузните и републичките закони донесувајќи управни акти и преземајќи други управни дејства, доколку тоа со Сојузниот устав и Уставот на НРМ или закон не е ставено во надлежност на сојузните и републичките органи на власта.\nНародниот одбор на општина ги врши сите работи од непосреден интерес за стопанскиот, комуналниот, културниот и социјалниот развиток на општината, доколку за одделни работи не е определена надлежност на народниот одбор на околијата.\nНародниот одбор ја врши власта на основа и во рамките на Сојузниот устав и Уставот на НРМ и законите.\nНародниот одбор со статут ја пропишува својата организација и работење.\nВо вршењето на работите од својата надлежност народниот одбор се опира на стопанските организации, самоуправните установи, здруженијата и иницијативата на граѓаните и спрема тие организации и установи врши само права определени со закон.\nНародниот одбор самостојно располага со делот на доходот што стопанските организации, задржувајќи го оној дел што како гарантиран минимум им припаѓа, го одделуваат за општината, гарадот и околијата согласно сојузниот и републичкиот општествен план и има право на процент од данокот утврден со закон и право на воведување локален данок, а народниот одбор на општина и град и право на воведување местен самопридонес.\nНародниот одбор самостојно го донесува буџетот на општината, гарадот и околијата, а народните одбори на град и околија самостојно го донесуваат и општествениот план на градот и околијата.\nНародниот одбор врши надзор над управувањето на општонародниот имот, а народните одбори на општина и град вршат и право на управување со сета земја и згради што се општонароден имот, доколку тоа право не им припаѓа на други државни органи, стопански организации, установи и заедници.\nРепубличките органи на власта имаат спрема народните одбори само права утврдени со закон.\nРепубличките органи на власта имаат право на надзор во поглед законитоста на работата на народните одбори, а народниот одбор на околија, во границите на закон, има право на надзор во поглед законитоста на работата на народниот одбор на општина.\nНародниот одбор има право да му поднесува на Извршниот совет односно Собранието приговори за заштита на самоуправните права, ако смета дека со пропис или акт на повисок државен орган му е повредено некое право утврдено со закон.\n0.1.0.2 2) Народна Република Македонија и Федеративна Народна Република Југославија\nОсвен правата утврдени со Сојузниот устав што работниот народ ѝ ги доверил на Федерацијата, Народна Република Македонија власта ја врши самостојно.\nТериторијата на Народна Република Македонија е составен дел од територијата на Федеративна Народна Република Југославија и нејзиното единствено државно и стопанско подрачје.\nПрометот на стоката во Народна Република Македонија како и прометот на стоката помеѓу Народна Република Македонија и другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија е слободен и не може да се ограничи со акт на републичките органи ниту со акт на народните одбори.\nСојузните закони и другите акти на сојузните органи се задолжителни на територијата на Народна Република Македонија.\nВо случај разијдување помеѓу сојузен закон и закон на Народна Република Македонија се прилага сојузниот закон.\nУправните и сојузните акти и исправите на државните органи од другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија имаат иста важност во Народна Република Македонија како и во народната република во која се издадени.\nДржавјаните од другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија уживаат исти права на територијата на Народна Република Македонија како и државјаните на Народна Република Македонија.\n0.2 II. РЕПУБЛИЧКИ ОРГАНИ НА ВЛАСТА\n0.2.1 А. НАРОДНО СОБРАНИЕ\n0.2.1.1 1) Права на Народното собрание\nНародното собрание е претставник на народниот суверенитет и највисок орган на власта на Народна Република Македонија.\nНародното собрание своите права и должности ги врши на основа и во рамките на Сојузниот устав, Уставот на НРМ и сојузните закони.\nПравата што им припаѓаат на републичките органи на власта ги врши Народното собрание непосредно и преку Извршниот совет како свој извршен орган. Определени извршни работи вржат републичките органи на управата по смерници и под надзор на Извршниот совет.\nПравата што им припаѓаат на републичките органи на власта во областа на правосудството ги врши Врховниот суд на Народна Република Македонија на основа законите.\nВо исклучива надлежност на Народното собрание спаѓа:\n: 1) измена на Уставот;\n: 2) избирање и разрешување претседател и членови на Извршниот совет;\n: 3) избирање и отповикување со Сојузниот устав определен број народни пратеници за Сојузниот собор на Сојузната народна скупштина;\n: 4) избирање и разрешување судии на Врховниот суд на Народна Република Македонија;\n: 5) донесување на републички закони; донесување на републичкиот општествен план и републичкиот буџет; потврда на завршниот биланс за извршување на републичкиот општествен план и потврда на републичката завршна сметка за извршување на републичкиот буџет;\n: 6) одлучува за измена на границите помеѓу Народна Република Македонија и другите народни републики со потврда на Сојузната народна скупштина;\n: 7) одлучува за правецот на работата на Извршниот совет и републичките органи на управата во рамките на правата на републичките органи на власта;\n: 8) основање на самоуправни установи од интерес за целата Република и основање на високи школи и виши специјализовани школи;\n: 9) амнестија за кривични дела определени со закон на Народна Република Македонија;\n: 10) одлучување за продолжување траењето на мандатот на народните одбори на општините, градовите и околиите најмногу за една година, како и за распишување на општи избори за народните одбори пред да истече времето за кое се избрани; решавање по приговорите на народните одбори за заштита на самоуправните права против актите на Извршниот совет.\nСобранието донесува декларации и резолуции по прашањата од надлежноста на републичките органи на власта и по други прашања од општ интерес за Републиката.\nСобранието дава препораки за работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации.\nНародното собрание донесува закони самостојно.\nВо областите во кои се донесени сојузни општи закони Народното собрание донесува закони во склад со начелата утврдени со сојузниот закон.\nВо областите во кои се донесени сојузни основни закони Народното собрание донесува доплнителни закони.Во областа од исклучивото сојузно законодавство Народното собрание донесува закони само ако и доколку е затоа посебно овластено со сојузниот закон.\nНародното собрание може да донесува закони по прашањата од областа на сојузното општо или основно законодавство и кога не е донесен сојузен закон. Со донесување на сојузен основен закон престануваат да важат одредбите на републичкиот закон што се однесуваат на прашањата уредени со сојузниот основен закон.\nСамо со закон можат да се утврдуваат прашањата од областа на:\n*организацијата на власта и јавните служби од општо значење; републичкото државјанство;\n*поделбата на територијата на Републиката на општини, гарадови и околии;\n*изборот и отповикувањето на народните претставници; здруженијата, собирот и договорот; амнестијата и помилувањето; планското управување на стопанството;\n*стопанските организации;\n*сообраќајот, врските и патиштата и добрата во општа употреба;\n*буџетот и општествениот придонес, даноците и другите давачки;\n*искористувањето на народните богатства и сили;\n*универзитетите и високите школи; школите за општо образование, стручните и основните школи; трудот;\n*фамилијата, бракот и старателството; сузбивањето на заразните болести;\n*службениците на државната администрација и другите прашања од исклучива надлежност на републичките органи на власта.\nПо овие прашања народните одбори можат да донесуваат прописи само ако се и доколку се за тоа посебно овластени со законот.\nНародното собрание утврдува со закон само општи начела за прописите на народните одбори или со закон ги утврдува основните прашања во работите од непосреден интерес за стопанскиот, културниот, комуналниот и социјалниот развиток на општината, градот односно околијата, ако тоа бара општиот интерес на Републиката. По овие работи народните одбори донесуваат свои прописи во рамките на општите начела утврдени со републичкиот закон, односно со своите прописи ги дополнуваат соодветните одредби на републичкиот закон. Ако вакви закони нема народните одбори можат самостојно и по своја иницијатива да донесуваат свои прописи. Со донесување на републички закон престануваат да важат прописите на народните одбори што се однесуваат на основните прашања утврдени со републичкиот закон.\nВо случај разијдување помеѓу прописите на народните одбори и републичките закони се прилага републичкиот закон.\nСо републичкиот општествен план за републичките органи на власта се определуваат само оние финансиски средства утврдени со закон што служат за извршување на работи од нивната надлежност, за помош на градовите и околиите и за помош на установите и стопанските организации од општ интерес за целата Република.\nСо републичкиот буџет се утврдуваат и распоредуваат финансиски средства за извршување на работи од републичката надлежност и за работата на републичките органи и установи.\nНародното собрание може да одлучи законскот предлог, пред или по неговото усвојување, или некое друго прашање од надлежноста на републичките органи на власта да се изнесе пред избирачкото тело на одлучување (референдум).\nРеферендум можат да предложат една петина членови од еден дом и Извршниот совет.\nОдлуката на избирачкото тело е задолжителна. Две години по извршениот референдум не може да се донесе закон или друг акт противен со одлукта на избирачкото тело.\nЗа референдумот ќе се донесе посебен закон.\nЗаконите се објавуваат во службен весник и влегуваат во сила осмиот ден по објавувањето, ако со самиот закон не е инаку определено.\nЗаконите не можат да имаат повратно дејство, освен ако тоа со законот изрично е предвидено.\nЗакон што установува казна може да има повратно дејство само ако е поблаг за сторителот.\nНародното собрание се избира на четири години.\nСобранието може во случај на војна или други вонредни прилики да го продолжи траењето на својот мандат за времето додека таа состојба трае.\nСобранието може да одлучи да се распушти и пред да истече времето за кое е избрано.\nИзбори за ново Народно собрание мора да се распишат пред да истече последниот ден од периодот за кој Собранието е избрано. Ако мандатот на Собранието е продолжен, изборите мора да се распишат штом престанат околностите поради кои мандатот е продолжен.\nОд денот на распуштањето на Народното собрание до денот на изборите не смее да измине повеќе од три ни помалку од два месеци.\nПредлог за измена на Уставот можат да поднесат 20 члена на еден дом и Извршниот совет.\nСобранието во секој дом претходно одлучува со мнозинство гласови за тоа дали ќе се пристапи кон решавање по предлогот за измена на Уставот.\nИзмената на Уставот е усвоена ако за неа гласаат три петини членови на секој дом.\n0.2.1.2 2) Устројство на Народното Собрание\n0.2.1.2.1 а) Домови на Собранието\nНародното собрание го сочинуваат два дома: Републички собор и Собор на производителите.\nРепубличкиот собор го сочинуваат народни пратеници што ги избираат граѓаните во околиите и градовите на основа општо, еднакво и непосредно избирачко право. Еден пратеник се избира на 12.000 жители.\nСоборот на производителите го сочинуваат народни пратеници што ги избираат производителите на работа во производството, транспортот и трговијата сразмерно со учеството на стопанските области во вкупниот општествен производ на Народна Република Македонија.\nПратениците на Соборот на производителите, како претставници на своите стопански организации, ги избираат работниците и службениците на стопанските претпријатија и членовите на земјоделските задруги, како и занаетчиите и занаетчиските работници. Еден пратеник се избира на 15.000 производително население.\nПратеници за Соборот на производителите избираат индустриските, селско-стопанските и занаетчиските производители одделно секој во својата производителна група.\nИндустриската група ги опфаќа работниците и службениците на работа во индустријата, рударството, шумарството, градежништвото, транспортот, трговијата, угостителството и комуналната дејност.\nСелско-стопанската група ги опфаќа земјоделците членови на земјоделските задруги и работниците и службениците на селско-стопанските добра.\nЗанаетчиската група ги опфаќа трудбениците на работа во занаетчиството.\nПраво да избираат пратеници за Соборот на производителите имаат производителите што уживаат општо избирачко право.\nВо секоја производителна група се избира оној број пратеници за Соборот на производителите што му е сразмерен на учеството на групата во вкупниот општествен производ на Народна Република Македонија утврден во текуштиот републички општествен план.\nВо рамките на секоја производителна група пратениците се избираат по норма: еден пратеник на еднаков број производително население.\nЗа член на Републичкиот собор може да биде избран секој граѓанин што ужива општо избирачко право.За член на Соборот на производителите може да биде избран секој производител што ужива општо избирачко право и припаѓа на производителната група од која се избира пратеникот. За член на Соборот на производителите може да биде избран и синдикален функционер што како таков е избран од страна на производителите.\nНа пратеник што трајно ќе престане да биде производител или ја мени производителната група во која е избран му престанува мандатот.\nНародните пратеници избрани во Републичкиот собор се здобиваат со право на одборник на околискоит односно градскиот собор на народниот одбор на околијата односно градот на чие подрачје се избрани.\nНародните пратеници избрани во Соборот на производителите се здобиваат со право на одборник на соборот на производителите на народниот одбор на околијата односно градот на чие подрачје се избрани.\nИзбирачите имаат право да го отповикаат народниот пратеник.\nИзборот и отповикувањето на народниот пратеник се врши со тајно гласање.\nРепубличкиот собор и Соборот на производителите рамноправно учествуваат:\n: 1) во одлучувањето за измена на Уставот;\n: 2) во утврдувањето на републичкиот општествен план и републичкиот буџет; во потврдувањето на завршниот биланс за извршување на републичкиот општествен план и завршната сметка за извршување на републичкиот буџет;\n: 3) во донесувањето на закони од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;\n: 4) во одлучувањето за продолжување мандатот на Собранието; во утврдувањето дека престанале околностите поради кои бил продолжен мандатот на Собранието; во одлучувањето за распуштање на Собранието;\n: 5) во одлучувањето за распишување референдум по прашања од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;\n: 6) во решавањето по приговорите на народните одбори за заштита на нивните самоуправни права во областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;\n: 7) во добесувањето на декларации и резолуции по прашања од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;\n: 8) во одлучувањето на наградите на народните пратеници и принадлежностите на претседателот, потпретседателите и секретарот на Народното собрание и претседателот и членовите на Извешниот совет.\nРепубличкиот собор и Соборот на производителите заседаваат одделно.\nЗаконскиот предлог во чие донесување рамноправно учествуваат двата дома може да биде поднесен на едниот или другиот дом.\nДомовите може да одлучат да претресат на заедничка седница одделни законски предлози или други прашања во чие решавање учествуваат двата дома, но гласањето за законските предлози се врши одделно на седница на секој дом.\nНародното собрание на заедничка седница на обата дома врши следни работи:\n: 1) избира и разрешува претседател, потпретседатели и секретар на Народното собрание;2) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет;\n: 3) избира и разрешува судии на Врховниот суд на НРМ;\n: 4) избира и разрешува членови на одборите и комисиите на Собранието;\n: 5) ја прогласува измената на Уставот.\nСите работи од надлежноста на Народното собрание во чие решавање рамноправно или заеднички не учествуваат обата дома, или по кои не расправа сам Соборот на произвводителите, ги врши Републичкиот собор.\nЧленовите на Соборот на производителите имаат право да му предлагаат на Републичкиот собор измени во законските предлози по кои решава Републичкиот собор, како и да поднесуваат предлози за измена на законите што важат, а што ги донел Републичкиот собор.\nПредлог на закон или друг акт во чие донесување рамноправно учествуваат обата дома е усвоен ако во двата дома е изгласан во истоветен текст.\nСекој дом има право да предложи измени во предлог на закон или друг акт што веќе е изгласан во другиот дом. Вака изменетиот предлог му се враќа за согласност на домот од којшто потекнал.\nАко домовите не се сложат со текстот за законот ќе определат заедничка комисија составена од еднаков број членови на двата дома, за да се постигне согласност.\nАко во комисијата не се постигне согласност од мнозинството претставници на секој дом или домовите не го одобрат текстот што го предложила комисијата, претресот по спорното прашање се одложува за седум дена.\nПо истекот на овој рок на седниците одново се претресуваат прашањата по кои не е постигната согласност и ако ни по два претреса едноподруго не се постигне согласност, Народното собрание се распушта и се распишуваат избори за ново Собрание.\nСпоровите за надлежност помеѓу домовите ги решава Народното собрание на заедничка седница на двата дома.\nСоборот на производителите може да дава препораки на стопанските организации за нивната работа и на државните органи и самоуправните установи по прашањата од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување.\nСоборот на производителите, во рамките на правата определени со закон, може да донесува одлуки за работата на стопанските организации, државните органи и самоуправните установи.\nСекој дом сам решава за верификацијата на мандатите на своите членови.\nСекој дом може да одлучи да се распушти пред да истече времето за кое е избрано Собранието, но останува на должност за времето додека не се избере нов дом. Новоизбраниот дом се распушта кога ќе истече времето за кое Собранието е избрано.\nСекој дом донесува свој правилник за работа, а обата дома заедно донесуваат правилник за работа за заедничките седници.\n0.2.1.2.2 б. Претседател на Собранието и претседатели на домовите\nНародното собрание избира од редот на пратениците претседател на Собранието, еден или повеќе потпретседатели и еден секретар.\nПретседателот, потпретседателите и секретарот се избираат за времето за кое Собранието е избрано, но остануваат на должност и по распуштањето на Собранието до нов избор на претседател, потпретседатели и секретар.Претседателот на Собранието го претстставува Собранието, ги потпишува покрај Претседателот на Извршниот совет, указите за прогласување на законите, претседава на заедничките седници на обата дома, се грижи за прилагање на правилникот за работа и за извршување на одлуките на Собранието и неговите домови.\nПотпретседателите на Собранието го заменуваат претседателот кога тој е спречен да ја врши претседничката должност.\nПретседателот односно потпретседателите на Собранието кога претседаваат на седницата не можат да учествуваат во претресот и да гласаат.\nСекретарот на Собранието се грижи за администрацијата на Собранието.\nДомовите избираат на една година од редот на своите членови по еден претседател, потпретседател и по тројца запосничари.\nПретседателот на домот претседава на седниците на домот и се грижи за прилагање на правилникот за работа.\nПретседателот односно потпретседателот на домот кога претседава на седницата не може да учествува во претресот и да гласа.\n0.2.1.3 3) Права и должности на народните пратеници\nСекој пратеник има право да му поднесува на домот чиј е член предлози на закони, одлуки, препораки, декларации и резолуции. Пратениците имаат право да поднесуваат и предлози на одлуки, препораки, декларации и резолуции за чие донесување е надлежно Народното собрание на заедничка седница на обата дома.\nПратениците што не се членови на одборите имаат право да учествуваат во работата на секој одбор на оној дом чии се членови, но без право на одлучување.\nСекој пратеник има право да упатува прашања до Извршниот совет, на кои Извршниот совет одговара на седница на домот, или на заедничка седница на обата дома, или писмено.\nПратеникот што поставил прашање има право да му предложи на домот односно Собранието да се отвори дискусија по прашањато што го поставил.\nСекој пратеник има право преку домот чиј е член да бара известија од државните секретари. Државниот секретар е должен да ги даде бараните известија писмено, освен ако домот или Собранието не одлучи државниот секретар да ги соопшти лично на седница.\nЧленовите на Републичкиот собор се должни да ги известуваат избирачите за својата работа, за работата на Републичкиот собор и Собранието, непосредно или преку околискиот односно градскиот собор на народниот одбор во кои имаат право на одборник.\nОколискиот односно градскиот собор на народниот одбор во кој народниот пратеник има право на одборник, има право да бара од пратеникот да го извести Републичкиот собор односно Собранието за неговиот предлог или мислење, ако се однесува на прашања од надлежноста на Републичкиот собор односно Собранието. Народниот пратеник е должен да го изложи таквиот предлог или мислење.\nЧленовите на Соборот на производителите се должни да ги известуваат избирачите за својата работа, за работата на Соборот на производителите и Собранието, непосредно или преку соборот на производителите на народниот одбор во кој имаат право на одборник.\nСоборот на производителите на народниот одбор во кој народниот пратеник има право на одборник може да бара од пратеникот да го извести Соборот на производителите односно Собранието за неговиот предлог или мислење, ако се однесува на прашања од надлежноста на Соборот на производителите односно Собранието. Народниот пратеник е должен да го изложи таквиот предлог или мислење.\nЧленовите на Републичкиот собор имаат право на постојана месечна награда.\nЧленовите на Соборот на производителите својата должност ја вршат почесно и имаат право на накнада на трошковите причинети со вршењето на својата пратеничка должност, како и право на накнада на загубената заработка за време додека ја вршат таа должност.\nНародниот пратеник не може да биде повикан на одговорност, лишен од слобода ни казнет за изразеното мислење или дадениот глас во Собранието.\nПратеникот не може да биде лишен од слобода, ниту против него може да се започне кривична постапка без одобрение од домот кому припаѓа, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор во траење подолго од пет години. Во таков случај државниот орган што го лишил пратеникот од слобода или против него започнал кривична постапка, е должен за тоа веднаш да го извести Претседателот на Народното собрание, кој го изнесува прашањето пред соодветниот дом на одлучување дали постапката ќе се продолжи односно дали лишувањето од слобода ќе остане во сила.\nКога домот не е собран, за давање на одобрение за лишување од слобода и за започнување односно продолжување на кривична постапка против пратеник одлучува мандатно-имунитетниот одбор на соодветниот дом, со дополнителна потврда од домот.\nНароден пратеник не може да биде истовремено службеник во државната управа ниту судија.\n0.2.1.4 4) Седници\nНародното собрание е во постојано заседание во текот на времето за кое е избрано (свикување) и работи во посебни седници на домовите, во заеднички седници на обата дома, во постојаните и други одбори и комисии.\nНовоизбраното Собрание се состанува најдоцна на триесетиот ден од денот на изборите.\nСедниците на одделните домови ги свикува претседателот на Народното собрание на основа одлука од самиот дом, по предлог од претседателот на домот, од одбор, од една петина членови на домот, од Извршниот совет, по сопствена иницијатива, како и кога тоа е определено со овој закон.\nЗаедничка седница на двата дома свикува Претседателот на Народното собрание на основа одлука од Собранието, по предлог од еден дом, од одбор, од Извршниот совет, по сопствена иницијатива, како и кога тоа е определено со овој закон.\nАко Претседателот на Собранието не свика седница или не ја свика кога тоа е определено или предложено, Собранието односно неговиот дом ќе се состане по покана на дваесет пратеници односно Извршниот совет.\nДомовите на Собранието донесуваат полноважни одлуки со мнозинство гласови на седница на која присуствува мнозинството од нивните членови.\nНародното собрание на заедничка седница на двата дома донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови. За донесување на одлуки е потребно присуство на мнозинството членови и на едниот и на другиот дом.\n0.2.1.5 5) Одбори и комисии\nРепубличкиот собор и Соборот на производителите имаат како постојани одбори законодавен одбор и мандатно-имунитетен одбор.\nСекој дом може да образува постојани одбори и за други прашања од својата надлежност, како и анкетни одбори и комисии за вршење на посебни задачи.\nНародното собрание има постојана комисија за толкување на законите и постојана комисија за народни одбори.\nПо потреба можат да се образуваат одбори како и други комисии на Народното собрание.\nЧленовите на Извршниот совет не можат да бидат членови на одбори или комисии ниту можат да бидат избрани на други постојани должности во домот или Собранието.\nПретседателот на Собранието не може да биде член на одбор или комисија.\nОдборите ги проучуваат законските предлози, ги претресуваат прашањата што ќе ги отворат членовите на одборите и сите други прашања од надлежноста на домот и му поднесуваат на домот свои извештаии и предлози.\nСекој законски предлог пред да му се поднесе на домот на претрес мора да биде расправан во соодветните одбори на домот, освен ако домот одлучи предлогот да се претресува по итна постапка.Секој член на одбор има право да предлага да се стават на дневен ред на одборот или при претресувањето во одборот да ги изнесува, во рамките на делокругот на одборот, сите прашања што се однесуваат до примената на закони, до работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации, или до други прашања од општ интерес за Републиката или од интерес за изборната единица во која е избран.\nПратеник што не е член на одбор има право пред одборот на домот чиј е член да отвори прашање од делокругот на одборот. Одборот одлучува дали таквото прашање ќе го стави на дневен ред.\nОдборите може да донесуваат резолуции и во рамките на својот делокруг да донесуваат препораки за работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации.\nОдборите може да бараат од Извршниот совет да им одговори на прашања и да им дава известија за својата работа.\nЧленовите на Извршниот совет можат да присуствуваат на седницата на одборите и да учествуваат во претресувањето, но без право на одлучување.\nИзвршниот совет може да предложи да се стават на дненевен ред на седница на одбор одделни прашања и да се свика одборот за да се изнесе ставот на Извршниот совет по тие прашања. Одборот може да ги претресува тие прашања, да донесува резолуции и да дава препораки.\nОдборите можат да повикуваат државни секретари, потсекретари, директори и други службеници и стручњаци усно или писмено да им одговораат на прашања и да им дадат известија и објасненија.\nОдборите можат да плвикуваат народен пратеник да ги извести за состојбата во изборната единица односно во стопанските организации што го избрале.\nОдборите можат да вршат анкети и сослушувања и поради тоа да бараат од сите државни органи, самоуправни установи и стопански организации да им поднесуваат потребни податоци, списи и документи.\nКомисијата за толкување на законите има право да дава задолжителни толкувања на републичките закони.Предлог за толкување на законите можат да поднесат: секој народен пратеник, одбор на дом, Извршниот совет и Врховниот суд на Народна Република Македонија.\nКомисијата им ги поднесува задолжителните толкувања на дополнителна потврда на надлежните домови.Комисијата за толкување на законите има девет членови што Собранието ги избира од редот на народните пратеници на заедничка седница на двата дома.\nКомисијата за толкување на законите останува на должност и по распуштањето на Собранието до избирање на нова комисија.\nКомисијата за народни одбори решава по споровите помеѓу околискиот односно градскиот собор и соборот на производителите на народен одбор на околија односно град.\nКомисијата за народни одбори ги проучува приговорите на народните одбори за заштита на нивните самоуправни права поднесени против актите на Извршниот совет и ги разгледува прашањата од областа на организацијата и работата на народните одбори за кои е надлежно Народното собрание и им поднесува на домовите односно Народното собрание предлози за нивното решавање.\nСекој одбор и постојана комисија работи по правилник за работа што сам го донесува а го потврдува домот односно Народното собрание.\nСекој одбор и постојана комисија има свој претседател и секретар што сам ги избира.\nОдборите на еден дом и одборите на двата дома како и комисиите по потреба можат да одржуваат и заеднички седници.\n0.2.2 Б. ИЗВРШЕН СОВЕТ\nНародното собрание му го доверува на Извршниот совет претставувањето на Народна Република Македонија, грижата за спроведување на законите, надзорот над работата на републичката управа, надзорот во поглед законитоста на работата на народните одбори и определени самоуправни установи и другите извршни работи од надлежноста на републичките органи на власта.\nИзвршниот совет:\n: 1) се грижи за извршување на сојузните и републичките закони; се грижи за извршување на републичкиот општествен план, републичкиот буџет и другите акти на Народното собрание, како и за извршување актите на Сојузниот извршен совет и Сојузната народна скупштина и донесува прописи и презема мерки за нивното извршување; презема мерки за извршување на работите од надлежноста на републичките органи на власта; врши општ надзор над примената на законите;\n: 2) ги утврдува предлозите на републичкиот општествен план и републичкиот буџет и ги поднесува на Собранието; составува и поднесува предлози на закони;\n: 3) утврдува смерници за работата на републичките органи на управата како и за работата на народните одбори во управните работи од надлежноста на републичките органи на власта чиешто извршување е пренесено врз народните одбори;\n: 4) основа републички органи на управата, освен државни секретаријати и совети; ја пропишува организацијата на републичките органи на управата; пропишува начела за организацијата на органите на управата на народните одбори; презема мерки за подобрување на администрацијата на републичките органи на управата и народните одбори; се грижи за спроведување на службеничкиот систем;\n: 5) ги поништува и укинува актите на републичките органи на управата донесени вон управната постапка ако се во спротивност со сојузен и републички закон или прописи на сојузниот или републичкиот извршен совет како и прописи на сојузните органи на управата; решава во управната постапка во границите на закон;\n: 6) врши, во границите на закон, надзор во поглед законитоста на работата на народните одбори; ги потврдува статутите на народните одбори на околиите, градовите и градските општини; решава во границите на закон по приговорите за заштита на самоуправните права на народните одбори;\n: 7) основа претпријатија, го пропишува делокругот и основите на организацијата на самоуправните установи што ги основало Народното собрание;\n: 8) располага со буџетските резерви на Републиката;\n: 9) назначува и разрешува државни секретари, секретари на советите, потсекретари, јавен правобранител на Републиката и други виши службеници за кои тоа е определено со закон;\n: 10) донесува акт за распуштање на Народното собрание во случај несогласност на домовите; распишува избори за Народното собрание;\n: 11) ги прогласува законите со указ; се грижи за објавување на републичките закони и другите прописи;\n: 12) врши помилување согласно посебен закон;\n: 13) решава по жалбите на народните одбори на општините против одликите на народните одбори на околиите односно градовите со кои е поништен или укинат акт на народниот одбор на општината;\n: 14) врши работи утврдени со закон.\nИзвршниот совет може да го изнесе секое прашање од својата надлежност пред Народното собрание и да предложи претрес и донесување на одлука по него.\nВо вршењето на надзор над работата на народните одбори Извршниот совет има право да ги поништи или укине незаконитите акти на народните одбори на околии и градови, а во работите што не се уредени со закон или општ пропис на сојузните или републичките органи има право да ги поништи или укине и актите на народниот одбор со кој е повреден општиот интерес.\nНародниот одбор чиј акт е поништен или укинат има право против решението на Извршниот совет да поднесе жалба до Народното собрание.\nИзвршниот совет може да распушти секој народен одбор односно само околиски или градски собор или собор на производителите ако нивната работа очигледно е во спротивност со Сојузниот устав и Уставот на НРМ или со закон.\nЧленовите на распуштениот одбор имаат право на приговор до Народното собрание.\nИзвршниот совет ги врши работите на основа и во рамките на Сојузниот устав и сојузните закони, Уставот на НРМ и републичките закони, како и уредбите на Сојузниот извршен совет.\nИзвршниот совет може да донесува уредби за извршување на републичките закони, а за вршење на други работи од својата надлежност може да донесува одлуки, упатства и решенија.Извршниот совет може да донесува уредби за извршување на сојузните закони и сојузните уредби како и републичките општи закони само ако за тоа е овластен со законот или уредбата.\nИзвршниот совет донесува уредба за својата организација и работа, која ја поднесува на потврда на Народното собрание.\nВо Извршниот совет се избираат петнаесет до дваесет и пет народни пратеници од редот на членовите на Републичкиот собор.\nНовоизбраното Народно собрание на првата заедничка седница на двата дома го избира претседателот и другите членови на Извршниот совет.\nКандидати за претседател и членови на Извршниот совет можат да предложат 20 народни пратеници.\nИзвршниот совет се избира за времето за кое е избрано Народното собрание, но Собранието може да го разреши целиот Совет или одделни негови членови и пред да истече тоа време.\nИзвршниот совет останува на должност и по распуштањето на Собранието, до избирање на нов Совет.\nНа чело на Извршниот совет се наоѓа претседател.\nПретседателот на Извршниот совет го претставува Советот, претседава на неговите седници, во името на Советот му поднесува извештај на Народното собрание за работата на Советот и ги потпишува указите за прогласување на законите и уредбите.\nПретседателот на Извршниот совет има право да задржи од извршување акт на Извршниот совет со кој не се сложува, со обврска спорното прашање веднаш да го изнесе пред Народното собрание за донесување на одлука. Во тој случај претседателот на Народното собрание е должен веднаш да свика седница на Собранието.\nПретседателот на Извршниот совет во случај на отсутност или подолготрајна болест го заменува еден од потпретседателите што ќе го определи Извршниот совет.\nИзвршниот совет има еден или повеќе потпретседатели.\nПотпретседателите ги избира Извршниот совет од редот на своите членови, кои и ги разрешува.\nИзвршниот совет за својата работа му одговара на Народното собрание.\nИзвршниот совет е должен да го известува Народното собрание за својата работа.\nСобранието во секое време може да бара од Извршниот совет да му пиднесе извештај за својата работа или за одделни прашања од својата надлежност.\nНародното собрание води претрес по извештаите на Извршниот совет и на основа претресот може да донесе резолуции и да даде препораки.\nАко Собранието во текот на претресот установи дека некој акт на Извршниот совет не е во согласност со закон, може да го укине.\nОвие права Собранието може да ги врши на заедничка седница на двата дома или на седница само на еден дом, ако за соодветните прашања исклучиво е надлежен тој дом.\nРаботите од својата надлежност Извршниот совет ги решава на седница.\nИзвршниот совет решава со мнозинство гласови.\nИзвршниот совет од редот на своите членови може да образува одбори и комисии за проучување на одделни прашања и подготвување предлози на закони, уредби и други свои акти, како и за донесување решенија во определени работи од надлежноста на Советот.\nИзвршниот совет избира секретар од редот на своите членови.\nСекретарот се грижи за администрацијата на Извршниот совет и врши други работи за кои ќе го овласти Извршниот совет.\n0.2.3 В. РЕПУБЛИЧКА УПРАВА\nЗа непосредно вршење определени извршни работи од надлежноста на републичките органи на власта се образуваат државни секретаријати, самостојни управи, управни установи и други самостојни органи на управата.\nЗа вршење работи на општествено управување од општ интерес во областа на просветата, науката, културата, народното здравје и социјалната заштита и за вршење управни работи од надлежноста на републичките органи на власта во овие области се образуваат совети.\nРепубличките органи на управата непосредно ги извршуваат законите и другите акти на Народното собрание, уредбите и другите акти на Извршниот совет кога нивното извршување е ставено во надлежност за тие органи со Уставот на НРМ и републички закони.\nРепубличките органи на управата непосредно ги извршуваат законите на Сојузната народна скупштина како и прописите на Сојузниот извршен совет и сојузните органи на управата кога нивното извршување е ставено во надлежност на тие органи со сојузен закон или сојузна уредба.\nНепосредното извршување на републички закон со кој се утврдуваат општи начела за прописите на народните одбори или се утврдуваат основни прашања за работите од непосреден интерес за животот и развитокот на општината, градот и околијата може да се стави во надлежност на републичките органи на управата само кога извршувањето е од општ интерес за Републиката.\nВо непосредното извршување на законите републичките органи на управата донесуваат управни акти, преземаат управни дејства и донесуваат прописи за кои се овластени.\nОсвен прописите чиешто извршување е ставено во надлежност на сојузните или републичките органи на управата, сојузните и републичките закони и другите прописи непосредно ги извршуваат народните одбори.\nРепубличките органи на управата работите од својата надлежност ги вршат на освова и во рамките на сојузните и републичките закони, прописите на сојузниот и републичкиот извршен совет, како и прописите на сојузните органи на управата донесени во рамките од надлежноста на Федерацијата, а во согласност со смерниците на Извршниот совет.\nРепубличките органи на управата ги вршат овие работи самостојно во рамките на дадените им овластенија.\nДржавни секретаријати се основаат за вршење работи од една или повеќе гранки на управата од надлежноста на републичките органи на власта.\nДржавни секретаријати се: Државен секретаријат за внатрешни работи, Државен секретаријат за правосудна управа, Државен секретаријат за работи на стопанството, Државен секретаријат за работи на буџетот и државната администрација.\nДржавните секретаријати се основаат, спојуваат и укинуваат со закон.\nНа чело на државните секретаријати стојат државни секретари кои самостојно ги вршат овластувањата дадени на државните секретаријати со закон, прописи на Сојузниот извршен совет и прописи на Извршниот совет.\nДржавниот секретар за својата работа му одговара на Извршниот совет.\nДржавните секретари полагаат заклетва пред Претседателот на Извршниот совет. Текстот на заклетвата го утврдува Извршниот совет.\nДржавниот секретар има право да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на уредбите и другите прописи на Извршниот совет. Државниот секретар може да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на закони и сојузни уредби само ако со законот односно сојузната уредба на тоа е овластен.\nСо закон или уредба можат да се одредат обврски за државниот секретар одделни правилници и наредби да му ги поднесе на претходна согласност на Извршниот совет.\nДржавните секретари, во рамките на својата надлежност, а во границите на закон, имаат право на надзор во поглед законитоста на работата на органите на управата на народните одбори, самоуправните установи што ги основаат републичките органи на власта како и оние установи и стопански организации за кои тоа ќе се определи со закон или уредба. Во вршењето на овој надзор државниот секретар има право да ги поништи или укине нивните незаконити акти.\nОрганот на управата на народниот одбор, установата и стопанската организација чиј акт го поништил или укинал државниот секретар има право на жалба до Извршниот совет согласно одредбите на закон.\nДржавниот секретар може да поништи, укине или задржи од извршување акт донесен во управната постапка само под услови предвидени со прописите односно начелата на управната постапка.\nДржавниот секретар има право да ги задржи од извршување незаконитите акти на народните одбори на околии и градови и да му предложи на Извршниот совет да ги поништи или укине.\nПо работите што не се уредени со закон или други прописи на државните органи државниот секретар има право и должност да му укажува на Извршниот совет на актите на народните одбори со кои е повреден општиот интерес и да му предложува да преземе соодветни мерки за кој Советот е овластен.\nВо државниот секретаријат можат да се назначуваат еден или повеќе потсекретари.\nДржавниот секретар може да пренесе на потсекретарите одделни свои овластенија со согласност на Извршниот совет.\nСовети се: Совет за просвета и Совет за народно здравје и социјална заштита.\nСоветите се образуваат, спојуваат и укинуваат со закон.\nСоветите се колегијални тела и се составени од претставници на самоуправни установи, стручни и општествени организации како и граѓани што се истакнуваат со својата работа во бластите од надлежноста на советот.\nСоветите за својата работа одговараат пред Извршниот совет.\nВо вршењето на управните работи од надлежност на републичките органи на власта советот може да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на уредбите, а овие акти може да ги донесува за извршување на законите и сојузните уредби само ако со тие прописи на тоа е овластен. Овие работи советот ги врши согласно смерниците што ги утврдува Извршниот совет.\nСоветот донесува препораки за работа на самоуправните установи, а задолжителни одлуки може да донесува согласно правата утврдени со посебен закон.\nНа чело на советот се наоѓа претседател.\nПретседателот ги подготвува седниците на советот и раководи со нив, ги потпишува правилниците, наредбите и упатствата што ги донесува советот и врши други работи што му се ставени во надлежност со закон или уредба.\nПретседателот и членовите на советот од редот на граѓаните ги именува Извршниот совет, а другите членови на советот ги делегираат установите и организациите.\nИзвршниот совет може да го разреши секој член на советот. Ако разрешениот член на советот е претставник на установа или организација Извршниот совет ќе побара од установата односно организацијата да делегира друг претставник.\nУстановата односно организацијата може да го отповика својот делегиран член на советот и наместо него да делегира друг член.\nСоветот има секретар кој раководи со работите на администрацијата и ги извршува одлуките и заклучоците на советот. Секретарот е државен службеник и во областа на управата може да има овластенија што му се определени со закон или прописи на Извршниот совет.\nСекретарот има право да учествува во работите на советот но не учествува во донесувањето на одлуките и заклучоците.\nЗа сите прашања од надлежноста на советот секретарот одговара на советот, а за вршење работи за кој посебно е овластен одговара и пред Извршниот совет.\nСамостојни управи, управни установи и други самостојни републички органи на управата се основаат за вршење на определени управни работи од надлежноста на републичките органи на власта.\nСамостојните управи, управните установи и другите сакостојни републички органи на управата се основаат со уредба.\nНа чело на самоуправните управи, управните установи и другите републички органи на управата можат да се назначуваат директори и други службеници што самостојно ги вршат овластенијата дадени на тие органи.\nОвие органи на управата во вршењето на правото на надзор во поглед законитоста на работата на органите на управата на народните одбори имаат исти права коко и државните секретари, а во поглед незаконитите акти на народните одбори имаат право и должност да му укажуваат на Извршниот совет на таквите акти и да му предлагаат да преземе соодветни мерки за кој Советот е овластен.\nИзвршниот совет може да пренесува на овие раководни службеници одделни овластенија дадени на државните секретари само кога со закон е овластен за тоа.\nСо закон и со прописи на Извршниот совет раководните службеници во државните секретаријати, советите и другите републички органи на управата можат да се овластат да донесуваат решенија во определени работи.\nИзвршниот совет е должен да ги поднесува на согласност на надлежните одбори на домовите нацртите од своите прописи за основање и организациони измени на органите на управата што повлекуваат издатоци кои не се предвидени со буџетот или треба да се вршат од буџетските резерви.\nПротив актите на државните секретари, советите и другите самостојни републички органи на управата може, согласно одредбите на посебен закон, да се започне управен спор пред надлежниот суд.Против актите на државните секретари, советите и другите самостојни републички органи на управата донесени во прв степен по работи во кои е исклучен управен спор може да се подаде жалба до Извршниот совет, ако со закон или уредба не е определено жалбата да се поднесува на друг државен орган.\nСлужбениците на републичките органи на управата одговаараат за штетата што со својата незаконита работа ќе ѝ ја сторат на државата.\nДржавата одговара за штетата што службениците со својата незаконита работа ќе ја сторат на граѓаните или правните лица. Државата има право на накнада од службеникот што ја сторил штетата со својата незаконита работа.\nОдредбите од претходните ставови важат и во поглед одговорноста на претседателот и членовите на Извршниот совет.\n0.3 III. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ\nСо денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат главите VI, VII, VIII, IX и XII од Уставот на Народна Република Македонија од 31 декември 1946 година, како и одредбите од Уставот, законите и другите прописи што се во спротивност со одредбите на овој закон.\nОвој закон влегува во сила кога Народното собрание ќе го прогласи, а неговото спроведување ќе се врши по одредби на посебен закон.", "subject": ["Законска регулатива на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%B8_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE_%D0%B8_%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 8138, "cyrillic": 0.999}
{"id": "7244", "title": "Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Авторство и поздрави\n<sup>1</sup>Од Павле, повикан од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат Состен.\n<sup>2</sup>До Божјата црква во Коринт, до вас, кои Бог ве повика да бидете Негов свет народ и ве направи свети преку Исус Христос, и вас, и сите христијани насекаде, сите што го повикуваат името на Исус Христос, нивен и наш Господ.\n<sup>3</sup>Ви посакуваме благонаклоност и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господ Исус Христос.\n2 Благодарност на Бог за благословите во коринтската црква\n<sup>4</sup>Постојано Му се заблагодарувам на мојот Бог за Неговата милосрдна благонаклоност што ви ја подари преку Исус Христос.\n<sup>5</sup>Тој во секој поглед ја збогати вашата црква со надареност за говорништво и со многу знаење.\n<sup>6</sup>Со тоа и проповедањето за Христос се зацврсти меѓу вас.\n<sup>7</sup>Сега, додека нестрпливо го чекате повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос, не ви недостасува никаква духовна дарба.\n<sup>8</sup>Тој ќе продолжи да ве надградува докрај, за да бидете беспрекорни на денот кога ќе се врати нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>9</sup>Во Бог можете да имате доверба! Тој ве повика да се здружите со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.\n3 Неединство меѓу верниците во Коринт\n<sup>10</sup>Сега, драги пријатели христијани, многу ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, да изградувате слога меѓу вас, за да не дојде до раздор во црквата. Треба да ги усогласите вашите идеи и планови.\n<sup>11</sup>Од семејството на Хлое ме известија дека меѓу вас, драги мои, има поделби.\n<sup>12</sup>Едни сте викале: „Јас сум Павлов!“ други: „Јас сум Аполосов!“, трети: „Јас сум Петров!“, четврти: „Јас сум Христов!“\n<sup>13</sup>Зар Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Во името на Павле ли бевте крстени?\n<sup>14</sup>Благодарен сум Му на Бог што, освен Крисп и Гај, јас не крстив ниту еден од вас,\n<sup>15</sup>за да не рече некој дека е крстен во мое име.\n<sup>16</sup>(Да, ги крстив и членовите на семејството на Стефан, а не се сеќавам дали сум крстил уште некој.)\n<sup>17</sup>Христос не ме испрати да крштавам, туку да ја проповедам Радосната вест, и тоа не со мудри говори, за да не се омаловажи силата на делото што го изврши Христос на крстот.\n4 Световна и Божја мудрост\n<sup>18</sup>Проповедањето за смртта на Исус на крстот им звучи бесмислено на луѓето што се на патот кон пропаста, но за нас што преку тоа се спасивме, претставува Божја сила.\n<sup>19</sup>Во Светото писмо, Бог вели:\n„Ќе ја уништам човечката мудрост,\nќе ги отфрлам нивните најостроумни идеи.“\n<sup>20</sup>Зашто, ни филозофите, ни законодавците, ниту научниците на овој свет не нѐ спасија! Бог ни покажа дека мудроста на овој свет е далеку од мудрост!\n<sup>21</sup>Кога мудриот Бог, виде дека луѓето преку сопствената мудрост никогаш нема да дојдат до Него, реши да им обезбеди спасение на оние што ќе ѝ поверуваат на оваа, навидум бесмислена, порака што ние ја проповедаме.\n<sup>22</sup>И додека Евреите бараат знаци од небото, а Грците мудруваат,\n<sup>23</sup>ние проповедаме за Христос Кој беше распнат за да нѐ спаси. Тоа за Евреите е неприфатливо, а за другите народи - бесмислено!\n<sup>24</sup>Но за оние што се повикани од Бог да се спасат, без разлика дали се Евреи, или се од другите народи, во Христос се покажа Божјата сила и Божјата мудрост.\n<sup>25</sup>Овој навидум неразумен Божји план е многу помудар и од најмудрите човечки планови, и она што ни изгледа слабо од Бог, е многу помоќно од сета човечка моќ.\n<sup>26</sup>Погледнете се, драги мои, вие што сте од Бога одбрани: меѓу вас нема многумина што се мудри според човечки мерила, ни многу моќници или луѓе од благородничко потекло.\n<sup>27</sup>Напротив, Бог ги одбра оние што овој свет ги смета за прости, за да ги посрамоти оние што се сметаат за мудри. Бог ги одбра оние што во овој свет се немоќни, за да ги посрамоти моќниците.\n<sup>28</sup>Бог ги одбра оние што не се од благородничко потекло и оние што се презрени во овој свет, за да ги направи ништожни оние што овој свет ги смета за многу важни.\n<sup>29</sup>Така ниеден човек не ќе може да се фали пред Бог.\n<sup>30</sup>Бог ви овозможува и вам да се спасите преку Исус Христос, Кој стана наша мудрост од Бога, ни ја подари Својата праведност, нѐ направи свети и ја плати цената за да нѐ откупи.\n<sup>31</sup>Затоа, во Светото писмо е напишано:\n„Кој сака да се фали,\nнека се фали само со она што го стори Господ.“\n= Глава 2 =\n5 Мудроста што ја проповедал апостолот Павле\n<sup>1</sup>Драги пријатели, кога дојдов кај вас да ви ја проповедам Божјата порака, јас не се служев со висок стил на зборување или со мудрување.\n<sup>2</sup>Сметав дека меѓу вас не треба да ги истакнувам моите сестрани познавања, туку да ви проповедам само за Исус Христос и за Неговото распнување на крстот.\n<sup>3</sup>Веројатно ви делував слаб, исплашен и растреперен.\n<sup>4</sup>Она што ви го зборував и проповедав не се состоеше од мудро составени говори за да ве убедам, туку Светиот Дух ја покажа Својата сила меѓу вас.\n<sup>5</sup>Постапив така за да се здобиете со вера втемелена на Божјата сила, а не на човечка мудрост.\n<sup>6</sup>Се разбира, кога сме меѓу зрели христијани, знаеме да одржуваме и мудри говори. Но тоа не е мудрост што произлегува од овој свет или мудрост што ги привлекува владетелите на овој свет, кои кратко траат.\n<sup>7</sup>Ние ја проповедаме Божјата таинствена мудрост која порано беше скриена, но од искона наменета во вечноста нам да ни донесе слава.\n<sup>8</sup>За жал никој од денешните владетели не ја разбра, зашто да ја беа разбрале, немаше да го распнат нашиот величествен Господ.\n<sup>9</sup>Ние го проповедаме она што во Светото писмо е опишано вака:\n„Око човечко не видело,\nуво човечко не слушнало,\nниту пак човечкиот ум можел да го замисли\nтоа што Бог го има приготвено за оние што Го сакаат.“\n<sup>10</sup>А нам Бог ни го има откриено тоа преку Својот Дух. Божјиот Дух знае сѐ, вклучувајќи го и она што е длабоко во Божјиот ум.\n<sup>11</sup>Зашто, како што ниеден човек не може да му ги знае мислите на друг човек, освен неговиот сопствен дух, така никој не може да ги знае Божјите мисли, освен Божјиот Дух.\n<sup>12</sup>А Бог ни Го даде токму Својот Дух (не духот на овој свет), за да ги знаеме сите работи што Тој ни ги подарил.\n<sup>13</sup>Кога ви зборуваме за овие работи, ние не користиме зборови на човечка мудрост, туку зборови што ни се дадени од Божјиот Дух, Кој духовните работи ги објаснува со духовен речник.\n<sup>14</sup>Луѓето кои не се препородени од Божјиот Дух не можат да ги разберат вистините што доаѓаат од Божјиот Дух, и затоа не ги прифаќаат. Ним сето тоа им изгледа неразбирливо, а тоа е затоа што духовните работи можат да се разберат само со помош на Божјиот Дух.\n<sup>15</sup>А луѓето кои се препородени од Божјиот Дух се способни сѐ да разберат, иако самите нив другите луѓе не можат да ги разберат.\n<sup>16</sup>Како што рекол пророкот Исаија:\n„Кој ги знае мислите на Господ?\nКој Му е советник на Господ?“\nА нам ни е даден Христовиот ум и затоа можеме да ги разбереме овие работи.\n= Глава 3 =\n6 Поделби меѓу незрели христијани\n<sup>1</sup>Драги мои, додека бев кај вас, јас не можев да ви зборувам како на духовно зрели христијани. Ви зборував како на телесни луѓе, како на луѓе што во Христовата вера се новороденчиња.\n<sup>2</sup>Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидејќи сѐ уште не бевте способни да ја примате. За жал, ни сега не сте способни.\n<sup>3</sup>Сѐ уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?\n<sup>4</sup>Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос. Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе?\n7 Проповедниците се само Божји слуги\n<sup>5</sup>Кој е Аполос? Кој е Павле? Вреди ли заради нас да се карате? Ние сме само Божји слуги преку кои поверувавте. Секој од нас си ја извршуваше задачата дадена од Господ.\n<sup>6</sup>Јас сеев, Аполос полеваше, но Бог овозможи семето да порасне.\n<sup>7</sup>Не е важен ни тој што сееше, ни тој што полеваше, туку Бог, Кој овозможи семето да порасне.\n<sup>8</sup>Оној што сее и оној што полева работат еднакво важни задачи и секој од нив ќе добие награда соодветна на вложениот труд.\n<sup>9</sup>И Аполос и јас работиме за Бог, а вие сте Божја нива, Божја градба, а не наша.\n8 Индивидуална одговорност: Христовиот Суд\n<sup>10</sup>Користејќи ја дарбата што Бог милостиво ми ја даде, јас, како и секој мудар ѕидар, најпрво го поставив темелот, а други по мене ќе градат врз него. Но секој мора да внимава како ќе гради!\n<sup>11</sup>Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос!\n<sup>12</sup>Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, сребро или скапоцени камења, а друг со дрво, сено или слама.\n<sup>13</sup>Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело! Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност.\n<sup>14</sup>Ако делото издржи, градителот ќе добие награда;\n<sup>15</sup>ако, пак, делото согори, градителот ќе се соочи со голем губиток. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!\n<sup>16</sup>Зар не сфаќате дека вие сте Божјиот храм и дека Божјиот Дух живее во вас?\n<sup>17</sup>Ако некој го урива Божјиот храм, Бог него ќе го разурне, бидејќи Божјиот храм е свет. Тој храм сте вие, христијаните.\n<sup>18</sup>Никој нека не се залажува! Ако некој од вас се смета за мудар според мерилата на овој свет, треба да се ослободи од таквата самоувереност, за да може да стане мудар според Божјите мерила.\n<sup>19</sup>Зашто мудроста на овој свет е рамна на лудост пред Бог! Во Светото писмо пишува:\n„Бог ги лови самоуверените мудреци\nво стапицата на нивното сопствено лукавство!“\n<sup>20</sup>И на друго место:\n„Господ им ги знае плановите на мудрите,\nзнае дека во нив нема вредност!“\n<sup>21</sup>Затоа, никој да не се фали со човек! Вам ви припаѓа сѐ:\n<sup>22</sup>И Павле, и Аполос и Петар, и целиот свет, и животот и смртта, и сегашноста и иднината - сѐ ви припаѓа вам,\n<sup>23</sup>а вие Му припаѓате на Христос, а Христос Му припаѓа на Бог.\n= Глава 4 =\n9 Одговорната задача на апостолите\n<sup>1</sup>Мене и Аполос треба да нѐ сметате за Христови службеници, на кои им е доверено да раководат со Божјите тајни.\n<sup>2</sup>А од секој раководител се бара верно да ги извршува поставените задачи.\n<sup>3</sup>Малку ми значи вашата оценка за мене, или оценката од други луѓе. Јас дури ни самиот не се оценувам.\n<sup>4</sup>Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда. Господ е Тој што ќе ме оценува.\n<sup>5</sup>Затоа, за ништо не донесувајте конечен суд предвреме, пред да дојде Господ. Тој ќе го изнесе на виделина она што за нас е скриено и невидливо и ќе ги обелодени мотивите на секое срце. Тогаш Бог секого ќе го пофали толку колку што заслужил.\n<sup>6</sup>Драги пријатели, се посочив себеси и Аполос како пример, за да научите што значи поговорката: „Ништо повеќе од она што е напишано во Светото писмо!“ Не треба да се вообразите, приклонувајќи се кон еден од нас, а понижувајќи го другиот.\n<sup>7</sup>Што ти дава за право да се сметаш за повреден од другите? Што е тоа што го имаш, а да не си го добил од Бога? А ако тоа што го имаш си го добил од Бога, зошто се фалиш со тоа? Зар не се работи за подарок?\n<sup>8</sup>Веќе се заситивте, се збогативте и без нас си создадовте свое царство. Камо навистина да создадевте царство, па и ние ќе можевме да владееме заедно со вас!\n<sup>9</sup>Понекогаш ми се чини дека нас апостолите Бог нѐ поставил последни, како осуденици на смрт, јавно изложени на приказ пред целиот свет - и пред ангелите и пред луѓето!\n<sup>10</sup>Нас нѐ сметаат за глупави, поради посветеноста кон Христос, а вас верата во Христос ве направи мудри. Ние сме слаби и понижени, но вие сте моќни и почитувани.\n<sup>11</sup>Сѐ до овој миг ние сме и гладни и жедни, во партали, тепани, без постојано место за живеење.\n<sup>12</sup>Работиме до изнемоштеност и се издржуваме од трудот на сопствените раце. Луѓето нѐ навредуваат, а ние ги благословуваме. Нѐ прогонуваат, а ние стрпливо поднесуваме.\n<sup>13</sup>Нѐ напаѓаат, а ние одговараме со љубезни зборови. Се однесуваат кон нас како да сме отпадок, како смет исфрлен од сите сѐ до денешен ден.\n<sup>14</sup>Не ви го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве посоветувам како мои драги деца.\n<sup>15</sup>Дури и да имате десет илјади учители што ќе ве поучуваат за Христос, имате само еден духовен татко. Јас ви ја донесов Радосната вест за Исус Христос и така станав ваш духовен татко.\n<sup>16</sup>Затоа ве молам да го следите мојот пример.\n<sup>17</sup>За таа цел го испратив кај вас Тимотеј. Тој е мое драго чедо и верен службеник на Господ. Тој ќе ве потсети за она што јас го проповедам за Исус Христос по сите цркви каде што одам.\n<sup>18</sup>Некои од вас мислат дека јас никогаш веќе нема да дојдам во вашата црква, па се поставија на високо.\n<sup>19</sup>Но, ако даде Господ, наскоро ќе дојдам и ќе видам колку се силни оние што се креваат на големо, не на зборови, туку на дело.\n<sup>20</sup>Зашто Божјото царство не е празни зборови. Тоа е сила!\n<sup>21</sup>Што сакате: да дојдам кај вас со прачка, или со љубов и со кроток дух!?\n= Глава 5 =\n10 За неморалот на некои „христијани“\n<sup>1</sup>Јавено ми е дека кај вас има некој човек што живее во блуд, и тоа таков блуд каков што нема ни меѓу паганите: блудство со својата маќеа!\n<sup>2</sup>А вие, наместо да жалите - се гордеете! Треба да го отстраните од вашата средина тој што прави такво нешто!\n<sup>3</sup>Иако јас сум физички отсутен, со духот сум меѓу вас. Јас веќе пресудив за тој што направил такво нешто, исто како да сум присутен.\n<sup>4</sup>Треба да се соберете во името на нашиот Господ Исус Христос, а со вас ќе биде и мојот дух, па со силата на нашиот Господ Исус Христос,\n<sup>5</sup>да го исклучите тој човек од црквата, препуштајќи го во рацете на сатаната! Така тој телесно ќе биде казнет, за да биде спасен неговиот дух на Денот кога Господ ќе се врати.\n<sup>6</sup>Не е добро што се фалите колку сте духовни, а дозволувате во вашата средина да се случуваат вакви работи! Зар не знаете дека е доволно само малку квасец, за да го скисне целото тесто? Така е и со гревот.\n<sup>7</sup>Исчистете се од стариот квасец, односно, од гревот! Тогаш ќе бидете ново тесто, замесено без квасец. Вие сте токму тоа, бидејќи нашето пасхално Јагне, Христос, беше веќе жртвувано за нас.\n<sup>8</sup>Немојте да го славите празникот Пасха со >стариот квас', односно, така што ќе продолжите да бидете лоши и расипани, туку со бесквасен леб, односно, со искреност и духовна чистота. Бидете чисти и искрени, па прославете го со леб без квасец.\n<sup>9</sup>Во моето претходно писмо ви напишав да се држите настрана од луѓе што се впуштаат во блуд.\n<sup>10</sup>Притоа не мислев на луѓе кои сѐ уште не се христијани, а живеат во блуд. Кога би требало да се држите настрана од сите што во овој свет се неморални, алчни, лажговци и што им се поклонуваат на разни идоли, би требало сосема да го напуштите овој свет!\n<sup>11</sup>Мислев на луѓето што се нарекуваат христијани, а сепак прават блуд, или се алчни, или им се поклонуваат на идоли, или ги навредуваат другите, или се опиваат или мамат. Со такви немојте дури заедно ни да јадете!\n<sup>12</sup>Зар е моја работа да судам за оние што се надвор од црквата? Не треба ли и вие најнапред да се грижите какви се оние што се внатре во црквата?\n<sup>13</sup>На оние што се надвор, Бог ќе им суди, а нам Светото писмо ни порачува:\n„Отстранете го од вашите редови секој што е зол!“\n= Глава 6 =\n11 За споровите меѓу христијаните\n<sup>1</sup>Кога меѓу двајца христијани има некој спор, доликува ли случајот да го изнесуваат пред световен суд, наместо да побараат помош од другите христијани?\n<sup>2</sup>Зар не знаете дека еден ден, ние, христијаните, ќе му судиме на овој свет? Ако вие треба да му судите на целиот свет, зарем не сте способни да разрешите дури и најситен меѓусебен спор?\n<sup>3</sup>Зар не знаете дека ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите? Тогаш, колку полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувањата!\n<sup>4</sup>Кога се спорите за најобични, секојдневни работи, зошто одите да се судите пред луѓе кои црквата воопшто не ги цени!?\n<sup>5</sup>Треба да се засрамите, што сум присилен да ви го кажувам тоа! Нема ли меѓу вас христијаните барем еден мудар човек кој би можел да пресудува во вашите меѓусебни спорови?\n<sup>6</sup>Туку дозволувате еден христијанин да се суди со друг христијанин, и тоа пред суд на неверници!\n<sup>7</sup>Самото тоа што вие воопшто се тужите еден со друг, несомнено претставува пораз за вас. Зошто не истрпите, макар и да сте онеправдани? Зошто не ја прежалите штетата што евентуално ви е нанесена?\n<sup>8</sup>Наместо тоа, вие самите правите неправди и им нанесувате штета на своите сохристијани!\n12 За чист христијански живот\n<sup>9</sup>Зар не знаете дека неправедниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство? Немојте да се залажувате! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените мажи, ни хомосексуалците,\n<sup>10</sup>ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство!\n<sup>11</sup>И некои од вас бевте такви, но сега сте очистени, станавте свети и оправдани пред Бог преку делото на Господ Исус Христос и Духот на нашиот Бог.\n<sup>12</sup>Некои од вас велат: „Имам слобода да правам што сакам!“ Да, но не е сѐ полезно! Иако имам слобода да правам што сакам, нема да дозволам да робувам на нешто.\n<sup>13</sup>Велите: „Храната е наменета за стомакот, а стомакот за храната!“ Да, но еден ден Бог ќе ги уништи и стомакот и храната. Телото не постои за со него да правиме блуд. Нашите тела Му припаѓаат на Господ, зашто Господ ги создал.\n<sup>14</sup>Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ.\n<sup>15</sup>Зар не сфаќате дека вашите тела се органи на Христовото тело?Треба ли сега јас да земам нешто што е Христово и да го соединам со проститутка? Никако!\n<sup>16</sup>Или не ви е јасно дека оној што се соединува со проститутка, станува едно тело со неа? Светото писмо вели: „Двајцата ќе станат едно тело.“\n<sup>17</sup>На сличен начин, Кој се соединува со Господ, станува еден дух со Него.\n<sup>18</sup>Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело.\n<sup>19</sup>Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас? Вие не сте ваша сопственост.\n<sup>20</sup>Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со должната почит спрема Бог.\n= Глава 7 =\n== ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ПРАШАЊА\n1) За бракот и брачните односи ==\n<sup>1</sup>А сега да ви одговорам на прашањата што ми ги поставивте во вашето писмо. Прво: „Да, добро е човек да не се жени.\n<sup>2</sup>Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.\n<sup>3</sup>Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг.\n<sup>4</sup>Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга.\n<sup>5</sup>Затоа, не ускратувајте се еден на друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.\n<sup>6</sup>Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед.\n<sup>7</sup>Би сакал секој човек да биде самостоен, како што сум јас. Но не сме сите исти. Бог некого дарувал да живее во брак, а друг да живее како самец.\n<sup>8</sup>На неженетите и на оние чиј брачен другар починал, им препорачувам: да останат самостојни, како што сум и јас.\n<sup>9</sup>Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив.\n<sup>10</sup>На оние што се во брак им заповедувам да не се разведуваат. Тоа не е заповед од мене, туку од Господ. Жената нека не се разведува од својот сопруг.\n<sup>11</sup>Ако сепак се разведе, да не стапува во нов брак, или нека му се врати на својот маж. Истото важи и за мажите: да не се разведуваат од своите сопруги.\n<sup>12</sup>На другите можам да им дадам мој совет. Тоа не е заповед од Господ, туку мој личен совет. Ако некој христијанин има сопруга што не е христијанка и таа сака да живее со него, нека не ја остава.\n<sup>13</sup>Слично и ако христијанка има сопруг што не е христијанин и тој сака да живее со неа, нека не го остава,\n<sup>14</sup>бидејќи жената христијанка, му носи светост на својот брак, па со тоа и на мажот, иако тој не е христијанин. Слично и кога мажот е христијанин, а неговата сопруга не е, тој му носи светост на својот брак, а со тоа и на својата сопруга. Кога не би било така, вашите деца би биле нечисти, а сега тие се свети.\n<sup>15</sup>Ако брачниот другар што не е христијанин сака да се разведе, нека си оди. Во таков случај, не сте обврзани да живеете во постојани расправии, зашто Бог сака неговите деца да живеат во мир.\n<sup>16</sup>Впрочем, можете ли да бидете сигурни дека ќе успеете да го убедите вашиот брачен другар да стане христијанин и да се спаси?\n<sup>17</sup>Секој нека остане во ситуацијата во која Господ го избрал, кога Бог го повикал да поверува. Ова правило го кажувам по сите цркви.\n<sup>18</sup>На пример, ако некој, пред да биде повикан да поверува, веќе бил обрежан, нека не го крие тоа. Ако не бил обрежан, нека не се обрежува.\n<sup>19</sup>Дали човек е обрежан или не, воопшто не е важно. Важно е да живееме според Божјите заповеди.\n<sup>20</sup>Секој нека остане во онаа состојба во која бил кога Бог го повикал.\n<sup>21</sup>Ако си бил роб кога Бог те повикал да поверуваш во Христос, и сѐ уште си роб - не вознемирувај се! Но ако ти се укаже можност да станеш слободен, искористи ја.\n<sup>22</sup>А за Господ, оној што бил повикан како роб, е слободен, а оној што бил повикан како слободен човек, сега е роб на Христос.\n<sup>23</sup>Скапо сте платени и сега и едните и другите сте „Христови робови“, и немојте на никој друг да му слугувате!\n<sup>24</sup>Значи, драги пријатели, секој нека остане во ситуацијата во која ве затекнал Божјиот позив.\n13 2) За девојките и за (не)стапување во брак\n<sup>25</sup>За девојките немам посебна заповед од Господ, но можам да ви го кажам моето мислење и сметам дека можете да ми верувате како на човек спрема кого Господ покажал милостива благонаклоност.\n<sup>26</sup>Сметам дека, поради тешкотиите низ кои сега минуваме, добро е човек да остане во состојбата во која е затекнат.\n<sup>27</sup>Ако си во брак, не барај развод, а ако не си, не настојувај да стапиш во брак.\n<sup>28</sup>Ако сепак стапиш во брак, тоа не е грев. Ако една девојка стапи во брак, тоа не е грев. Но, ќе помине низ многу овоземни неволи од кои се обидувам да ве поштедам.\n<sup>29</sup>Она што сакам да ви го кажам, драги мои, е дека времето што ни преостанува е кратко: Господ брзо ќе дојде, па малку е важно дали сте во брак или не.\n<sup>30</sup>Наскоро, ќе биде неважно дали сте живееле во тага или во радост, дали сте имале имот или не,\n<sup>31</sup>дали сте добиле нешто од овој свет или не, бидејќи овој свет, во сегашниот облик, ќе го нема.\n<sup>32</sup>Би сакал да бидете ослободени од овоземните грижи. Неоженет човек може да му се посвети на Господовото дело, трудејќи се да Му угоди на Господ,\n<sup>33</sup>а оној што е оженет се грижи и за овоземни работи, бидејќи сака да ѝ угоди и на својата сопруга.\n<sup>34</sup>Неговото внимание е поделено. На ист начин, и немажена жена или девојка можат да му се посветат на Господовото дело, па така ќе бидат свети и телесно и духовно. Мажената жена, пак, се грижи и за овоземни работи, за да може да му угоди на својот сопруг.\n<sup>35</sup>Ова ви го пишувам за ваше добро, а не за да ве ограничувам. Само сакам да Му бидете приврзани на Господ со неподелено внимание.\n<sup>36</sup>Ако некој има девојка во зрели години и смета дека не е убаво да ја остави немажена, нека постапи според своето убедување. Бракот не е грев!\n<sup>37</sup>Но ако некој цврсто решил да не се жени, односно, не чувствува таква потреба и може да ги контролира сопствените страсти, тогаш нека не се жени, туку нека остане девственик. И во тој случај добро ќе направи.\n<sup>38</sup>Значи, сосема е в ред ако некој реши да заснова брак, но уште подобро е ако човек може да остане самец.\n<sup>39</sup>Секоја сопруга има обврска да остане со својот сопруг сѐ додека е тој жив. Ако тој почине, таа е слободна да се омажи за кого што сака, но треба да ги следи правилата на Господ.\n<sup>40</sup>Сепак, верувам дека таа ќе биде посреќна ако не се премажува и, кога го велам ова, сметам дека Божјиот Дух ви дава совет преку мене.\n= Глава 8 =\n14 3) За храната принесена на идолска трпеза\n<sup>1</sup>А сега, во врска со храната принесена како жртва на идоли. Сите ние имаме некое знаење. Но знаењето создава горделивост, а љубовта е таа што изградува.\n<sup>2</sup>Ако некој мисли дека многу знае, тој сѐ уште не знае колку што треба да знае.\n<sup>3</sup>Бог ги познава и ги признава за Свои само оние што имаат љубов кон Него.\n<sup>4</sup>Во врска со јадењето на храна што е принесена како жртва на идоли, сите ние знаеме дека идолите не се богови. Постои само еден единствен Бог и освен него друг бог нема.\n<sup>5</sup>За некои луѓе постојат многу „богови“ и господари, и на небото, и на земјата.\n<sup>6</sup>Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко. Тој е Создателот на сѐ и ние за Него живееме. Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос. Сѐ е преку Него создадено, вклучувајќи нѐ и нас, луѓето.\n<sup>7</sup>Но ваквото знаење го немаат сите. Некои луѓе се навикнати да почитуваат идоли и јадат храна принесена како жртва, со што си ја опогануваат својата слаба совест.\n<sup>8</sup>Храната нема да нѐ приближи до Бог: ништо не губиме ако не јадеме, и ништо не добиваме ако јадеме!\n<sup>9</sup>Само внимавајте слободата што ја имате да не им стане повод за духовно разочарување на оние што не се доволно утврдени во христијанската вера.\n<sup>10</sup>Еве што може да се случи: некој христијанин, што смета дека е погрешно да се јаде оваа храна, може да те види во идолски храм како јадеш од принесената храна. Иако ти не го правиш тоа затоа што веруваш во идоли, твојот пример може да го потикне тој човек да постапи спротивно на својата совест, па и тој да почне да јаде храна принесена како жртва на идоли.\n<sup>11</sup>Иако ти имаш правилно знаење, твојот пример може да дејствува погубно врз друг христијанин. А Христос умре и за него!\n<sup>12</sup>Грешејќи така против другите христијани, ранувајќи ја нивната слаба совест, вие всушност грешите против Христос.\n<sup>13</sup>Затоа, ако храната што ја јадам наведува некој од моите пријатели да направи грев, ќе престанам да јадам месо до крајот на мојот живот! Не сакам јас да бидам причината некој од моите пријатели христијани да биде наведен на грев!\n= Глава 9 =\n15 Павле - пример на самоодрекување\n<sup>1</sup>Зар јас немам иста слобода како другите? Зар јас не сум апостол? Зар лично не сум Го видел нашиот Господ Исус? Зар не поверувавте во Господ преку мојот труд?\n<sup>2</sup>Ако за некои не сум апостол, за вас сигурно сум! Вие сте, всушност, жив доказ дека јас сум апостол на Господ.\n<sup>3</sup>Мојата одбрана пред оние што го доведуваат во прашање мојот авторитет како апостол гласи:\n<sup>4</sup>Зар јас и Барнаба немаме право на храна и вода во вашите домови?\n<sup>5</sup>Зар ние немаме право да се ожениме со христијанки и да ги водиме со нас, како што прават другите апостоли, браќата на Господ, па и Петар?\n<sup>6</sup>Зар само јас и Барнаба мораме самите да се издржуваме додека проповедаме?\n<sup>7</sup>Кој војник сам си ги плаќа трошоците на своето служење? Кој одгледува лозје, а не јаде од неговиот род? Кој пасе овци, а не пие млеко од нив?\n<sup>8</sup>Не го зборувам тоа само од човечка гледна точка. Зар и Божјиот Закон не го вели истото?\n<sup>9</sup>Во Мојсеевиот Закон е запишано: „Не врзувај му ја устата на волот што врши жито.“ Бог сигурно не мисли тука првенствено на воловите.\n<sup>10</sup>Зар тоа не е кажано за нас? Како што им следува надомест на оној што ора и на оној што врши, така и на оние што се духовни работници.\n<sup>11</sup>Ако ние во вас, посадивме духовни добра, зарем е голема работа ако за возврат добиеме дел од вашите материјални добра?\n<sup>12</sup>Ако други луѓе имаат такво право на издршка од вас, зарем ние не сме позаслужни од нив? Сепак, ние не го искористивме тоа право. Поднесуваме сѐ, само да не создаваме пречки за ширењето на Радосна вест од Христос.\n<sup>13</sup>Зар не знаете дека оние што ги извршуваат светите служби во храмот, се издржуваат од подароците донесени во храмот, а и оние што служат на жртвеникот, добиваат дел од принесеното?\n<sup>14</sup>Така Господ определи и оние што ја проповедаат Радосната вест, од тоа да се издржуваат.\n<sup>15</sup>Сепак, јас не искористив ниту едно од овие права и не ви го пишувам ова за да барам од вас издршка. Попрво ќе умрам, ама нема да дозволам некој да ми ја уништи репутацијата дека работам без надомест.\n<sup>16</sup>Тоа што ја проповедам Радосната вест не го сметам за причина да се фалам. Се чувствувам должен тоа да го работам и тешко мене ако не ја проповедам Радосната вест!\n<sup>17</sup>Да го работев тоа по моја лична определба, ќе заслужував надомест. Но за мене тоа е обврска што Бог ми ја довери.\n<sup>18</sup>Тогаш, каква награда добивам јас? Тоа е честа да ја проповедам Радосната вест, без да имам материјална корист и без да ги искористувам правата што ми следуваат како на проповедник.\n<sup>19</sup>Јас не бев обврзан да им се покорувам на луѓето, бидејќи од нив не добивав плата, но сепак им станав слуга на сите за да ги доведам кај Христос.\n<sup>20</sup>Кога сум со Евреи, живеам како Евреин, за да ги доведам кај Христос. Тие му се потчинуваат на Мојсеевиот Закон, па и јас се придржувам кон истиот Закон, за да можам да ги доведам кај Христос, иако јас веќе не сум под тој Закон.\n<sup>21</sup>Кога сум со луѓе што не го признаваат Мојсеевиот Закон, го оставам Законот настрана, та и нив да ги доведам кај Христос. Се разбира, јас не живеам без закон, зашто го почитувам Божјиот Закон, односно, се раководам од Христовиот закон.\n<sup>22</sup>Кога сум со сиромаси и јас живеам како нив, па и нив да ги доведам кај Христос. На сите им се прилагодив, сите начини ги применив за да спасам некои од нив.\n<sup>23</sup>Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.\n<sup>24</sup>Знаете дека на трката трчаат сите натпреварувачи, но само еден ја добива наградата. И вие треба да трчате со цел да победите!\n<sup>25</sup>Секој атлетичар се одрекува од многу нешта, за да добие награда што нема долго да вреди, а нашата награда вечно ќе вреди.\n<sup>26</sup>Јас не трчам кон нешто неизвесно, не удирам во празно,\n<sup>27</sup>туку го вежбам моето тело на издржливост и го обуздувам, за да не се случи, додека им проповедам на другите, самиот да испаднам од трката.\n= Глава 10 =\n16 Предупредување против идолопоклонството\n<sup>1</sup>Драги мои, сакам да ве потсетам на нашите предци кога патуваа низ пустината. Бог ги водеше, испраќајќи подвижен облак да ги води; сите безбедно минаа преку морето.\n<sup>2</sup>Како следбеници на Мојсеј, тие беа крстени во морето, со Божјиот облак над нив.\n<sup>3</sup>Сите ја јадеа истата храна што ја добиваа на чудотворен начин,\n<sup>4</sup>сите ја пиеја истата вода што потече за нив на чудотворен начин, зашто тие пиеја од духовната Карпа која ги придружуваше. Таа „Карпа“ беше Христос.\n<sup>5</sup>Сепак, со повеќето од нив Бог не беше задоволен. Затоа тие изумреа, а нивните тела останаа расфрлани по пустината.\n<sup>6</sup>Тоа што им се случи е поука за нас, за да не посакуваме зли нешта, како што посакуваа тие,\n<sup>7</sup>да не станеме идолопоклоници, како што станаа некои од нив. За ова во Светото писмо пишува:\n„Луѓето славеа со гозби и пијанки,\nа потоа станаа на пагански игри!“\n<sup>8</sup>Да не вршиме блуд, како што вршеа некои од нив поради што во само еден ден загинаа дваесет и три илјади души!\n<sup>9</sup>Да не Го предизвикуваме Господ, како што некои од нив Го предизвикуваа, па изгинаа каснати од змии.\n<sup>10</sup>Немојте да негодувате, како што некои од нив негодуваа, па Господ го испрати ангелот на смртта да ги погуби.\n<sup>11</sup>Ова што им се случи ним, треба да биде поука за нас. Тоа е запишано во Светото писмо како предупредување за нас што живееме во овие последни денови.\n<sup>12</sup>Затоа, секој што мисли дека е цврст спрема искушенијата, нека внимава да не потклекне.\n<sup>13</sup>Искушенијата ги сполетуваат сите луѓе, но тие не се над вашите сили. Тој нема да дозволи да бидете искушувани повеќе отколку што можете да поднесете. А за секое искушение ќе ви покаже излез и ќе ви даде сили да се одбраните.\n<sup>14</sup>Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство.\n<sup>15</sup>Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам.\n<sup>16</sup>Кога на Господовата вечера пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело?\n<sup>17</sup>Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело.\n<sup>18</sup>Погледнете го израелскиот народ. Тие, јадејќи од жртвите принесени на еден ист жртвеник, покажуваат дека се еден народ.\n<sup>19</sup>Што сакам да кажам со ова? Дали идолите на кои паганите им принесуваат жртви се вистински богови и дали од тие жртви има некаква придобивка?\n<sup>20</sup>Се разбира, не! Она што тие го принесуваат како жртва, им го принесуваат на демоните, а не на Бог, а јас не сакам вие да општите со демони.\n<sup>21</sup>Не може да пиете од чашата на Господ, а потоа и од чашата на демоните! Не може да седите на Господовата трпеза, а потоа и на демонската трпеза!\n<sup>22</sup>Зар ќе предизвикуваме љубомора кај Господ? Зар сме ние посилни од Него?\n<sup>23</sup>Велите: „Имаме слобода да правиме што сакаме!“ Да, но не е сѐ полезно! Иако имаме слобода да правиме што сакаме, не допринесува сѐ за наше изградување!\n<sup>24</sup>Ниеден од нас не треба да ги гледа само своите интереси, туку да водиме сметка и за другите луѓе.\n<sup>25</sup>Еве како треба да постапувате. Слободно јадете од секое месо што се продава на пазар, без да се распрашувате дали било наменето за идоли; така нема да ве гризе совеста.\n<sup>26</sup>А Светото писмо вели: „Господова е Земјата и сѐ што ја исполнува.“\n<sup>27</sup>Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно. Јадете од сѐ што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста.\n<sup>28</sup>Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа.\n<sup>29</sup>Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил.\nМожеби некој рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!?\n<sup>30</sup>Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“\n<sup>31</sup>Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава.\n<sup>32</sup>Затоа, немојте да ги соблазнувате ни Евреите, ни другите народи, ни оние што ѝ припаѓаат на Божјата црква.\n<sup>33</sup>Правете како што правам јас: на сите се обидувам да им угодам и не правам онака како што би било најдобро за мене, туку пред сѐ, мислам на другите луѓе. Тоа е затоа што сакам тие да се спасат.\n= Глава 11 =<sup>1</sup>Следете го мојот пример, како што јас го следам примерот на Христос.\n17 ЗА НЕКОИ ПРАВИЛА НА БОГОСЛУЖБИТЕ\n<sup>2</sup>Мило ми е, драги пријатели, што постојано сум ви во мислите и ве пофалувам што точно го следите христијанското учење, онака како што ви го пренесов.\n<sup>3</sup>Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.\n<sup>4</sup>Секој маж што се моли или пророкува со покривало на главата го срамоти својот поглавар, односно Христос.\n<sup>5</sup>И секоја жена што се моли или пророкува гологлава, го срамоти својот поглавар, односно мажот, зашто тоа е исто како да ѝ е избричена главата.\n<sup>6</sup>Ако некоја жена не сака да носи покривало на својата глава, тоа е како да е сосема истрижана! А бидејќи е срамно жените да бидат истрижени или со избричена глава, нека носат покривала.\n<sup>7</sup>Мажот не треба да носи покривало на главата бидејќи тој ја одразува Божјата слава и беше создаден според Божјиот лик. Жената пак, ја одразува славата на мажот.\n<sup>8</sup>Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж.\n<sup>9</sup>Не беше мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.\n<sup>10</sup>Затоа жените треба да носат покривала на главата како знак на потчинетост, бидејќи ангелите гледаат.\n<sup>11</sup>Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот.\n<sup>12</sup>Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на сѐ што суштествува е Бог.\n<sup>13</sup>Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата?\n<sup>14</sup>Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса?\n<sup>15</sup>Од друга страна, за жената долгата коса е украс. Таа ѝ е дадена како еден вид покривало на главата.\n<sup>16</sup>Но, ако некој има намера да се препира околу ова прашање, ниту ние, ниту другите Божји цркви немаме таков обичај.\n18 2) За Господовата спомен-вечера (Причест)\n<sup>17</sup>За следното прашање, за кое ќе ви дадам упатства, не можам да ве пофалам, зашто се чини дека вашите собирања предизвикуваат повеќе штета одошто полза!\n<sup>18</sup>Пред сѐ, слушам, а делумно и верувам во тоа, дека, кога се собирате на богослужби, меѓу вас има подвоеност.\n<sup>19</sup>Неизбежно е и меѓу вас да се појават групи што ќе се отцепат од вас. Но така ќе се види кој се држи до вистината.\n<sup>20</sup>Слушам дека кога се собирате на Господовата спомен-вечера<sup>21</sup>секој гледа брзо да си го изеде тоа што го донел, па еден останува гладен, а друг се опива!\n<sup>22</sup>Си немате ли вие куќи, па таму да јадете и да пиете? Или сакате да ги презирате сиромашните во Божјата црква!? Што да ви кажам? Зар да ве фалам? За тоа не можам да ве пофалам!\n<sup>23</sup>И вам ќе ви го пренесам она што Господ мене ми го предаде. Ноќта кога беше предаден, Господ Исус зеде леб,\n<sup>24</sup>се заблагодари, го раскрши и рече: „Ова е моето тело што се крши за вас. Правете го ова како спомен за Мене.“\n<sup>25</sup>Исто така, по вечерата зеде чаша со вино и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет меѓу Бог и вас, запечатен со Мојата крв. Потсетувајте се на ова секогаш кога ќе пиете за сеќавање на Мене.“\n<sup>26</sup>Секојпат кога за оваа цел јадете од лебот и пиете од чашата, ја прикажувате смртта на Господ, сѐ додека Тој повторно не дојде.\n<sup>27</sup>Секој што недостојно јаде од лебот или пие од чашата Господова, виновен е за непочитување на телото и крвта на Господ.\n<sup>28</sup>Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен-вечера.\n<sup>29</sup>Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе!\n<sup>30</sup>Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.\n<sup>31</sup>Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани.\n<sup>32</sup>А кога Господ нѐ кара и казнува, тоа е за да нѐ поправи, па да не бидеме осудени заедно со неверничкиот свет.\n<sup>33</sup>Затоа драги мои, кога се собирате да ја јадете Господовата спомен-вечера, причекувајте се!\n<sup>34</sup>Ако е некој гладен, нека јаде дома. Така вашите собирања нема да ви носат осуда.\nА за другите работи, ќе ви дадам упатства кога ќе дојдам.\n= Глава 12 =\n19 ЗА ДУХОВНИТЕ ДАРОВИ\n<sup>1</sup>А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарови, односно, даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање.\n<sup>2</sup>Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли.\n<sup>3</sup>Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исус, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух.\n<sup>4</sup>Постојат различни духовни дарови, но сите нив ги дава истиот Дух.\n<sup>5</sup>Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ.\n<sup>6</sup>Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог.\n<sup>7</sup>Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува на општа полза за сите.\n<sup>8</sup>На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.\n<sup>9</sup>Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат.\n<sup>10</sup>На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.\n<sup>11</sup>Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши.\n20 Споредба со органите во телото\n<sup>12</sup>Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.\n<sup>13</sup>Нас нѐ има Евреи и припадници на другите народи, некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас нѐ крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух.\n<sup>14</sup>Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи.\n<sup>15</sup>Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото?\n<sup>16</sup>Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото?\n<sup>17</sup>Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси?\n<sup>18</sup>Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото.\n<sup>19</sup>Ако има само еден орган, тоа нема да претставува тело!\n<sup>20</sup>Телото е едно, но се состои од многу органи.\n<sup>21</sup>Окото не може да ѝ каже на раката: „Не си ми потребна!“, ниту главата може да им каже на нозете: „Не сте ми потребни!“\n<sup>22</sup>Напротив, органите што ни изгледаат послаби се многу понеопходни,\n<sup>23</sup>а на оние што ги сметаме за понеугледни, им посветуваме поголемо внимание! Значи, поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи,\n<sup>24</sup>зашто угледните органи немаат потреба од тоа. Бог така го составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не ги истакнуваме.\n<sup>25</sup>Така во самото тело нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг.\n<sup>26</sup>Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи. Кога на еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите органи.\n<sup>27</sup>Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело.\n<sup>28</sup>Во Христовото тело, односно во Црквата, Бог поставил\nпрво апостоли,\nвторо пророци,\nтрето учители,\nпо нив се оние што прават чуда,\nпа оние што имаат дар да исцелуваат,\nпа оние што им помагаат на другите,\nпа оние што умеат да управуваат\nи оние што зборуваат разни јазици.\n<sup>29</sup>Зар треба сите да бидат апостоли? Треба ли сите да бидат пророци? Зар треба сите да бидат учители? Може ли сите да прават чуда?\n<sup>30</sup>Може ли сите да имаат дар да исцелуваат? Треба ли сите да зборуваат на разни јазици? Може ли секој да преведува од друг јазик? Се разбира, не!\n<sup>31</sup>Стремете се кон поголеми дарби!\nА јас ќе ви покажам што е неспоредливо подобро од која и да е дарба!\n= Глава 13 =\n21 Славопој за љубовта\n<sup>1</sup>И да умеам да зборувам на сите можни јазици,\nчовечки и ангелски,\nа немам љубов,\nјас би бил како гонг што одѕвонува,\nкако цимбал што ѕвечи.\n<sup>2</sup>И да имам дарба да пророкувам,\nда ги знам сите тајни,\nда го имам собрано целото знаење,\nда имам вера што може планини да преместува,\nа немам љубов -\nне вредам ништо!\n<sup>3</sup>И да раздадам на сиромаси сѐ што имам,\nпа и сопственото тело да си го жртвувам,\nа немам љубов -\nништо не сум направил!\n<sup>4</sup>Да имаш љубов, значи:\nда имаш голема стрпливост и\nда бидеш љубезен.\nДа не си завидлив,\nда не се фалиш, да не се вообразуваш.\n<sup>5</sup>Да не бидеш груб, да не бидеш себичен,\nда не бидеш избувлив, да не памтиш зло.\n<sup>6</sup>Да не се радуваш на ниедна неправда,\nа да се радуваш на вистината.\n<sup>7</sup>Секогаш да имаш разбирање за другите,\nсекогаш да веруваш,\nсекогаш да се надеваш и сѐ да поднесуваш.\n<sup>8</sup>Љубовта е вечна,\nа пророкувањата ќе престанат,\nзборувањето на непознати јазици ќе молкне,\nсегашното знаење ќе се надмине.\n<sup>9</sup>Зашто, нашето знаење е нецелосно,\nпа и пророштвата само малку ни откриваат;\n<sup>10</sup>а кога ќе дојде времето на совршенството,\nсѐ што е нецелосно ќе исчезне.\n<sup>11</sup>Кога бев дете, зборував како дете,\nразмислував како дете и расудував како дете.\nКога станав зрел човек,\nпрестанав да се однесувам како дете.\n<sup>12</sup>Ние сега гледаме нејасно,\nкако во замаглено огледало,\nа тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог,\nи сѐ ќе ни стане јасно.\nСѐ што знам сега е нецелосно,\nа тогаш сѐ ќе знам совршено,\nкако што мене Бог совршено ме познава.\n<sup>13</sup>Има три работи што ќе опстојат:\nверата, надежта и љубовта;\nа од сите нив, најголема е љубовта.\n= Глава 14 =\n22 Дарбата за зборување туѓи јазици и дарбата за пророкување\n<sup>1</sup>Љубовта нека ви биде највозвишената цел! Бидете желни и за духовни дарби, а посебно за дарба да пророкувате.\n<sup>2</sup>Зашто, кога некој зборува на непознати јазици, Бог ќе го разбере, но не и луѓето. Тоа што го зборува воден од Светиот Дух, ќе остане тајна за луѓето.\n<sup>3</sup>А оној што пророкува, им зборува на луѓето за да ги поучи, да ги опомене и да ги утеши.\n<sup>4</sup>Оној што зборува на непознати јазици, самиот себе се надградува, а оној што пророкува ги надградува сите што се во црквата.\n<sup>5</sup>Би сакал сите вие да имате дарба да зборувате на непознати јазици, но повеќе би сакал да умеете да пророкувате. Оној што пророкува извршува поважна служба од оној што зборува на јазици, освен ако има и превод, па луѓето во црквата да можат да се поучат.\n<sup>6</sup>Драги мои, ако дојдам кај вас и ви зборувам на непознати јазици, каква полза ќе имате, ако не ви откријам што значи тоа? Каква полза ќе имате ако не ви кажам нешто што не го знаете, ако не ви пророкувам и не ве поучам?\n<sup>7</sup>Дури и музичките инструменти, како на пример флејта или харфа, иако не се живи суштества, треба да испуштаат јасни тонови инаку, како ќе ја распознаваме мелодијата?\n<sup>8</sup>Ако трубата не дава препознатлив звук, како ќе знаат војниците дека треба да се подготват за борба?\n<sup>9</sup>Така и вие, ако не ја пренесете пораката со разбирливи зборови, како ќе се знае што сте рекле? Зборувањето ќе ви биде во ветер!\n<sup>10</sup>На светот постојат многу јазици и сите си имаат смисла за оние што ги разбираат.\n<sup>11</sup>Но ако јас не го знам јазикот, ниту јас ќе можам да го разберам човекот што ми зборува на тој јазик, ниту тој ќе може да ме разбере мене.\n<sup>12</sup>Затоа, кога сте веќе толку желни за духовни дарби, барајте такви дарби што ќе бидат најполезни за Црквата.\n<sup>13</sup>Оној што има дарба да зборува на туѓ јазик, треба да се моли и за способност да им го преведе на слушателите.\n<sup>14</sup>Зашто, ако се молам на јазик што не го разбирам, мојот дух се моли, но мојот разум нема никаква полза од тоа.\n<sup>15</sup>Значи, што треба да правам? Да се молам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум! Да пеам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум.\n<sup>16</sup>Во спротивно, ако се молите само во својот дух, како може оној што не ве разбира да каже „Амин“ на вашите искажани благодарности, кога не разбира што сте рекле?\n<sup>17</sup>Вие можеби сте Му се заблагодариле на Бог на прекрасен начин, но во тоа нема поука за другите.\n<sup>18</sup>Благодарен сум Му на Бог што јас зборувам повеќе јазици од сите вас,\n<sup>19</sup>сепак во црквата претпочитам да кажам пет збора што сите ќе ги разберат и од нив ќе се поучат, отколку десет илјади зборови на јазик што никој не го разбира.\n<sup>20</sup>Драги пријатели христијани, немојте да се однесувате како да сте со детски ум! Во однос на злото, треба да бидете наивни како деца, но во расудувањето бидете со зрели умови.\n<sup>21</sup>Во Светото писмо е напишано:\n„Ќе му се обратам на овој народ на разни јазици,\nпреку луѓе кои ќе им говорат на разни јазици,\nно ни тогаш нема да Ме послушаат“ - вели Господ.\n<sup>22</sup>Духовниот дар да се зборува на туѓи јазици можеби им значи нешто на оние кои сѐ уште не поверувале, но не и на оние што веруваат. Пророкувањето, од друга страна, е првенствено наменето за оние што веруваат, а не за оние што не веруваат.\n<sup>23</sup>Замислете да се собере целата црква и сите да почнат да зборуваат на непознати јазици; ако влезе некој неупатен или неверен, зар нема да помисли дека сте полуделе!?\n<sup>24</sup>Но ако во црквата се пророкува, па влезе некој неупатен или неверник, ќе слушне, ќе сфати дека е грешен и дека начинот на кој живее е за осуда.\n<sup>25</sup>Додека слуша, ќе му бидат разоткриени тајните на неговото срце, па ќе клекне на колена и ќе Му се помоли на Бог, признавајќи дека Бог навистина е овде, меѓу вас.\n23 Ред на богослужбите\n<sup>26</sup>Значи, што барам јас од вас, драги пријатели христијани? На вашите собранија, некој ќе сака да каже псалм, некој поука, некој нешто што Му е откриено од Бог, некој ќе зборува на непознат јазик, друг ќе го преведува. Сите тие нешта треба да бидат за ваша духовна изградба.\n<sup>27</sup>Ако некои посакаат да зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат двајца или најмногу тројца и тоа еден по еден, а некој нека ги преведува.\n<sup>28</sup>Ако нема кој да ги преведува, нека не зборуваат јавно во црквата, туку приватно, пред Бог.\n<sup>29</sup>И кога се пророкува, нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека размислуваат за кажаното.\n<sup>30</sup>Ако некој од учесниците добие откровение од Бог, тогаш оној што зборува тогаш треба да заврши, па да почне другиот да зборува.\n<sup>31</sup>Така сите што пророкуваат ќе можат да зборуваат, но само еден по еден, за сите да можат да научат нешто и да се охрабрат.\n<sup>32</sup>Зашто и луѓето што пророкуваат треба да се контролираат и да си го чекаат својот ред!\n<sup>33</sup>Бог не сака безредие, туку сака сѐ да се одвива во ред и мир, како што е во сите христијански цркви.\n<sup>34</sup>Жените не треба да говорат на богослужбите. Тие треба да молчат и да слушаат, како што наложува Мојсеевиот Закон.\n<sup>35</sup>Ако нешто не им е јасно, нека ги прашаат дома своите мажи. На жена не ѝ доликува да говори на богослужба.\n<sup>36</sup>Божјото слово, драги христијани во Коринт, ниту започна од вас, ниту завршува кај вас!\n<sup>37</sup>Ако некој се смета за пророк или за духовен човек, ќе сфати дека овие работи што ви ги напишав се заповеди од Господ.\n<sup>38</sup>Ако некој го отфрла ова, Господ ќе го отфрли него!\n<sup>39</sup>Така, драги мои, бидете желни да пророкувате. Не забранувајте го зборувањето на непознати јазици,\n<sup>40</sup>но сѐ мора да се прави пристојно и уредно!\n= Глава 15 =\n24 Суштината на Радосната вест\n<sup>1</sup>Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата.\n<sup>2</sup>Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, докалку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера.\n<sup>3</sup>Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо;\n<sup>4</sup>беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо.\n<sup>5</sup>Воскреснатиот Христос се јави на Петар и на дванаесетте апостоли,\n<sup>6</sup>а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето сѐ уште се живи, иако некои веќе починаа.\n<sup>7</sup>Потоа му се јави на Јаков, а на крајот одново на сите апостоли.\n<sup>8</sup>Најпосле по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче.\n<sup>9</sup>Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата црква.\n<sup>10</sup>Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене.\n<sup>11</sup>Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли. Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.\n25 За воскресението на мртвите\n<sup>12</sup>Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат?\n<sup>13</sup>Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал!\n<sup>14</sup>А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера!\n<sup>15</sup>Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос!\n<sup>16</sup>Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат.\n<sup>17</sup>Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови!\n<sup>18</sup>Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати!\n<sup>19</sup>Ако ние се надевавме на Христос само за овој живот, тогаш сите ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!\n<sup>20</sup>Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.\n<sup>21</sup>Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос.\n<sup>22</sup>Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос, повторно ќе оживеат,\n<sup>23</sup>но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници.\n<sup>24</sup>После тоа ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог.\n<sup>25</sup>Зашто Христос ќе владее, „сѐ додека не ги собори и згази сите Свои непријатели“.\n<sup>26</sup>Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта.\n<sup>27</sup>Кога Светото писмо вели: „Сѐ ќе покори под Своите стапала.“ јасно е дека тоа не Го вклучува Бога, зашто Бог е Тој што ќе покори сѐ и ќе Му го потчини на Христос.\n<sup>28</sup>Кога сѐ ќе биде под власта на Божјиот Син, тогаш Самииот Тој ќе Му се потчини на Бог, Кој претходно Нему Му потчини сѐ. Така Бог целосно ќе владее над сѐ.\n<sup>29</sup>Ако нема воскресение за мртвите, тогаш, што сакаат да постигнат луѓето што се крштаваат заради нив? Зошто се крштаваат во име на мртвите, ако нема воскресение на мртвите!?\n<sup>30</sup>Зошто ние секој миг се изложуваме на опасности?\n<sup>31</sup>Зошто јас секојдневно се соочувам со смртта? Ви се колнам дека е така, ви се колнам во она со што многу се гордеам пред нашиот Господ Исус Христос, а тоа е што вие станавте христијани.\n<sup>32</sup>Ако во Ефес се борев со диви ѕверови надевајќи се само на она на што се надеваат обичните луѓе, каква корист ќе имам од тоа? Ако нема воскресение за мртвите, тогаш:\n„Да јадеме и да пиеме,\nзашто ионака наскоро ќе умреме!“\n<sup>33</sup>Не дозволувајте да ве залажат оние што така велат, зашто: „Лошото друштво го уништува добриот карактер!“\n<sup>34</sup>Вразумете се како што треба, и престанете да грешите! Простете што ќе ви го кажам ова, но треба да се засрамите, што некои од вас сѐ уште не Го познаваат Бога!\n26 За новите воскреснати тела\n<sup>35</sup>Некој од вас ќе праша: „Како ќе воскреснат мртвите? Какви тела ќе имаат?“\n<sup>36</sup>Размислете разумно: кога сеете некое семе, тоа најпрво умира, а потоа од него израснува жива билка.\n<sup>37</sup>Она што го сеете е голо зрно пченица или нешто друго. Семето изгледа сосема различно од растението што подоцна ќе изникне.\n<sup>38</sup>На секое посадено семе Бог му дава тело какво што Тој сака. Секое си има свое сопствено тело.\n<sup>39</sup>А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите.\n<sup>40</sup>Постојат и небесни и земни тела, но славата на небесните тела е различна од убавината на земните тела.\n<sup>41</sup>Сјајот на сонцето се разликува од сјајот на месечината; поинаков е пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите меѓусебно се разликуваат по својот сјај.\n<sup>42</sup>Слично ќе биде и со воскресението на мртвите. Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело.\n<sup>43</sup>Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело.\n<sup>44</sup>Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело. Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело.\n<sup>45</sup>Во Светото писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот.\n<sup>46</sup>Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното.\n<sup>47</sup>Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав. Вториот човек, Христос, потекнува од небото.\n<sup>48</sup>Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја. Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото.\n<sup>49</sup>Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на човекот што потекнува од небото.\n<sup>50</sup>Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се разпадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство.\n<sup>51</sup>Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, сите ќе бидеме преобразени.\n<sup>52</sup>Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела.\n<sup>53</sup>Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно.\n<sup>54</sup>Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото писмо:\n<бр Ѓ>\n„Смртта е уништена и победата е целосна!“\n<sup>55</sup><О, смрт, каде е твојата победа?\nО, смрт, каде е твоето осило?“\n<sup>56</sup>Гревот е осилото на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот закон.\n<sup>57</sup>Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.\n<sup>58</sup>Затоа, драги пријатели христијани, бидете цврсти и непоколебливи, секогаш подготвени да го унапредувате делото Господово, свесни дека тоа што го работите за Господ нема да биде попусто.\n= Глава 16 =\n27 Доброволни прилози за Ерусалимската црква\n<sup>1</sup>А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас.\n<sup>2</sup>Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам.\n<sup>3</sup>Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма.\n<sup>4</sup>Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.\n28 Завршни упатства\n<sup>5</sup>Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија.\n<sup>6</sup>Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување.\n<sup>7</sup>Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време.\n<sup>8</sup>Ќе останам во Ефес сѐ до Духовден,\n<sup>9</sup>зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.\n<sup>10</sup>Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас.\n<sup>11</sup>Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.\n<sup>12</sup>Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.\n<sup>13</sup>Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни.\n<sup>14</sup>Сѐ што работите нека биде со љубов.\n<sup>15</sup>Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните.\n<sup>16</sup>Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.\n<sup>17</sup>Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас.\n<sup>18</sup>Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.\n29 Поздрави\n<sup>19</sup>Ве поздравуваат црквите од покраината Азија. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од сѐ срце ве поздравуваат.\n<sup>20</sup>Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно еден со друг.\n<sup>21</sup>Со своја рака ви пишувам: поздави од мене Павле.\n<sup>22</sup>Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ! Мараната (Дојди Господе!)!\n<sup>23</sup>Господ Исус нека ви биде благонаклонет.\n<sup>24</sup>Ве сакам сите што сте следбеници на Исус Христос.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE_%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%82_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 10343, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9721", "title": "Моето учество во револуционерните борби на Македонија", "text": "Моето учество во револуционерните борби на Македонија — автобиографија на македонскиот револуционер и социјалист Алексо Мартулков. Објавена во Скопје, 1954 година од Институтот за национална историја. Во делото Мартулков детално раскажува за неговата младост, како се занимавал со социјализмот, неговото учество во македонската револуционерна организација и ВМРО (Обединета). Како им помогнал на Илинденците за време на нивното национално востание и за неговото учество во бугарскиот судски процес против ВМРО Обединета.\n1 Содржина\n*Предговор\n*Идење на Васил Главинов во Велес. — Како станав социјалист. — Создавањето на првата социјалистичка група во Македонија\n*Моето одење во Софија. — Составот на Македонската социјалистичка група во Софија. — Создавањето на првата социјалистичка група во Македонија. — Подготовки за учество во Првомајската прослава. — Нашето знаме. — Учество во Првомајската манифестација. — Гоце Делчев на манифестацијата. — Судбина на знамето\n*Формирање на социјалистички групи во Битола, Крушево, Скопје и др. — Нашата политичка програма\n*Ширење на социјалистичките идеи во Велешката прогимназија. — Препраќање на социјалистичка литература од Софија за Велес. — Случајот со Васил Панчев\n*Грчко-турската војна од 1897 година. — Во Скопје во Педалошкото училиште. — Анархистички влијанија. — Штрајк со глад во пансионот. — Моето исклучување од сите бугарски училишта\n*Анархистичкиот кружог во Пловдив. — Манџуков, Герџиков. — Крадење на панаѓијата на владиката Натанил. — Средба со Гоце Делчев\n*Конфликт меѓу Васил Главинов и Гоце Делчев. — Потреба од екс за да се дојде до парични средства. — Посета на бомболеарницата во с. Саблер на пат за Велес\n*Мојата агитациона обиколка во 1899 година: с. Кукуречани, Неготино, Ваташа, Владимирово, Струмица, с. Дабиле, с. Робово, с. Муртино, с. Моноспитово, Гевгелија\n*Како ме засегна „Валандовската афера“. — Жива социјалистичка активност во Велес. — Барање на начини за растурање социјалистичка литература\n*Софиската група ги праќа Никола Русински и Јордан Малезанов за извршување на ексот. — Напад на Хаџи-Јована, чорбаџија од Велес. — Една моја претпазливост\n*Прво апсење. — Пет месеци во Скопскиот „Куршумли ан“. — Малезанов бега со парите. — Помош од велешкото граѓанство. — Како се извлеков на судењето\n*Растурање на социјалистичката група во Битола. — Моето несогласување со ставот на Веле Марков и Никола Русински. — Делчев ја брани социјалистичката група во Велес\n*Конфликтот меѓу социјалистичката група и раководителите на ВМОРО во Велес. — Социјалистите во Скопје. — Гемиџиите и ние. — Нашето становиште. — Петар Поп Арсов за улогата на социјалистите во ВМОРО\n*Теророт како вид борба во Македонија. — Пере Тошев за српската пропаганда. — Борба за црквата во с. Башино Село меѓу пропагандите. — Убиството на Димче Шурков искористено за борбата против српската пропаганда.\n*План да се убие Крал Александар Обреновиќ. — Мојот став на состанокот на заговорниците\n*Конфликт меѓу училишниот совет и училишното настојателство во Велес. — Борба против владиката Авксентије. — Ролјата на социјалистите во оваа акција. — Социјалистите Илија Павлов и Никола Карев стануваат раководители во ВМОРО\n*Организационо зацврстување на Кумановскиот реон. — Задача од Пушкаров: да се изврши атентат во Скопје. — Средба во Врање со Жика Рафајловиќ. — Апсење од пограничните турски органи\n*Влошена ситуација во Велес. — Засилување на српската пропаганда. — Фракциски борби во редовите на Внатрешната Организација. — Ѓорче Петров интервенира. — Моите разговори со Ѓорчета Петров\n*Разгорување на фракциснерната борба. — Војводата Стефан Димитров подржуван од чорбаџискиот елемент. — Војводата Иван Алабакот пристигна со четата во Велешко. — Мојот престој во Скопје. — План да се убие гроф Салидис. — Пак во Куманово\n*Личноста на Иван Алабакот. — Осуетување плановите на остатоците од „Гемиџиите“. — План да се обере поштата носена по железницата Скопје. — Солун\n*Во четата на Иван Алабакот. — Уништување на чифликот во с. Јасеново. — Нашата дејност во Азот. — Средба со србомански војводи. — Конференцијата во с. Ораовец\n*На пат за Бугарија. — Кај војводата Јордан Спасов. — Револуционерно судење за грабење мома меѓу каракачаните. — Спогодба меѓу Алабакот и Стефан Димитров. — Конференција во с. Крива Круша\n*Обиди да се формира нова чета на Алабакот. — Нашите врски со Ерменските национал-револуционери. — Костадин Андонов „Сеченката“. — Четата заминува за Македонија. — Бој на Градишкиот врв. — Храбриот поп-Панзо. — Загинувањето на војводата Стефан Димитров. — Кој изврши предавство? — Нелегален престој во Велес\n*Пак на пат за Бугарија. — Кај војводата Мише Развигоров. — Средба со Дамета Груев. — Конкресот на ВМОРО во Рилскиот манастир. — Разговор со Ѓорче Петров. — Судбата на војводата Бобе Стојчов. — Борби во Кумановско. — Влошување положбата во Азот. — Смртта на Панче Константинов и Гого Ацев. — Алабакот заминува за Македонија\n*Во Софија 1906 година. — Социјалистот Александар Андонов. — Михаил Чаков со чета во Велешко. — Учество во Велешко. — Учество во штрајкот на перничките рудари\n*Спорови за целта на национал-ослободителното движење. — Становиштето на социјалистичка група. — Младотурскиот преврат\n*Хилми-паша. — Конференција од левицата на ВМОРО 1907 г. — Решение да се убие Хилми-паша. — Критика на становиштата на социјалистичкото движење во соседни земји. — Средба со Јане Сандански во врска со проектираното убиство на Хилми-паша\n*Железничарски работник во Софија. — В затвор под обвинение дека сме готвиле атентат на рускиот кнез Николај Николаевич. — Двобој со истражниот судија (следователот). — Средба со Борис Сарафов во затворот. — Влијание на бугарските владеачки кругови врз работите на ВМОРО\n*Зближување на Сарафов, Гарванов, Христо Матов и Даме Груев. — Борба против Серчаните. — Конгрес во Пирин. — Самоубиството на војводата Михаил Даев. — Тодор Паница ги убива Гарванова и Сарафова\n*Собрание во Софија во 1908 година за една војна против Турција. — Отцепување на одринци од ВМОРО. — Раздвижување во левицата на ВМОРО. — Чернопеев, Делирадев и Сандански на заедничка конференција. — Убиството на Хилми-паша на дневен ред. — Врховистите пречат\n*Општата политичка ситуација по младотурскиот преврат. — Матов во Велес. — Репресалии од младотурците. — Една изјава на д-р. Назим. — Конфликт со егзархистите власти во Велес\n*Враќање во Скопје. — Дискусии за егзархијата. — Штрајк на железничките работници. — Моето учество во штрајкот. — Борба со врховистите во Велес. — Собрание во училиштето „Св. Кирил и Методи“. — Митинг против српската пропаганда. — Основување на работничко друштво „Класно единство“ во Велес. — Формирање на демократска партија во Македонија. — Борби со неоврховистите во Велес\n*Учителското движење во Велешко. — Контрапревратот на Султан Амид. — Разговори на членовите на Обласниот младотурскиот комитет во Скопје за заедничка дејност. — Општо собрание во Велес за запишување доброволци за поход на Цариград. — Несогласија помеѓу одделните политички групации во Велес\n*Во поход на Цариград. — Конференција на левицата на ВМОРО во Солун. — Низ Серез, Драма, Дедеагач, Димотика. — Влегување во Цариград. — Абдикација на Султан Амид. — Големи клања на реакционерни елементи во Цариград. — Средба со другарот Димитар Влахов\n*Враќање од походот. — Случката со Јордана Шурков. — Понатамошни борци со неоврховистите. — Конфликт со Васила Главинов. — Дејност на комитетот за општествена безбедност во Велес. — Први мај 1909 г. во Велес. — Работничката група во рудникот при с. Попадија. — Нови борби со врховистите. — Конституционо-клубистите\n*Социјалистички печат во Македонија во 1910 година. — Прв конгрес на балканските социјалисти во Солун. — Нашето становиште. — Влошување на општата политичка ситуација пред Балканската војна\n*Подготовка на Балканската војна. — „Магарешки атентати“. — Избори во Турција. — Улогата на албанските бајрактари. — Албански поход во Македонија. — Првите денови на војната во Велес. — Доаѓањето на српските војници. — Соработка со четите со војската. — Нереди\n*Обид за бугарска администрација во Велес. — Општината под српска контрола. — Весникот „Пиемонт“ и шовонистичката пропаганда за „спорна“ и „неспорна“ зона во Македонија\n*Доаѓањето во Велес на Димитар Чупаров и обид да се испраќа делегати во Лондон за барање „Автономна Македонија“. — Велешкиот митрополит Милетија се враќа. — Принуден сум да бегам во Штип. — Колерата. — Средба со Ѓорче Петров\n*Тодор Александров - организатор на диверзитски групи во тилот на „противникот“. Јас како „разнузнавач“. — Настроени на Бугарија по капитулацијата. — Лековерноста на Чернопеев. — Враќање во Велес. — На учителскиот курс во Белград. — Разговор со Драгиша Лапчевиќ во Ц. К. на српската социјал-демократска партија. — Радикалите и „Црната рука“\n*Учество на Македонците во војната против Австро-Унгарија. — Дезертери од српската војска. — В затвор. — Врховистички чети ги провоцираат Србите. — Бугарија се замешува во војната против Србија. — Пренесување на затвореници во Битола, Струга и Охрид. — Ослободување. — Пак во Велес. — Секретар на општината во село Оморани\n*Василие Трбиќ со авиони иде во Порече. — Обид за интернација на селани-србомани. — Мое советување со Петар Ацев. — Хајка против Трбиќа и неговите другари. — Бивши македонски револуционери во служба на бугарските окупатори. — Причини за србоманството во Азот, Поречето, прилепските села и др. — „Усмирителни команди“ под началството на полковникот Панов. — Масовни интернирања од Велес, Азот и од други места.\n*Во Приштина. — Димитар Влахов како управител во Приштина. — Албанофилство. — Евакуација на бугарската администрација. — Размислувања мои, на Ѓорчета Петров, Петар Ацев, Павел Христов и др. во град Феризово (Урошевац). — Бунтови во бугарската војска. — Тодор Александров и генерал Протогеров во заштита на виновниците за војната. — „Назад кон автономијата“\n*Формирање на времено претставителство. — Врховистите на работа во македонските братства. — Македонски национален комитет, македонската група „Освобождение“ и Федератистите. — Тодор Александров дејствува во Источна Македонија. — Воената лига ги подржува „Автономистите“. — Конгресот на групата „Освобождение“. — Наместо независна Македонија - создавање Балкански советски републики. — Убиството на Ѓорче Петров и Александар Димитров. — Јордан Чкатров држи говор пред гробот на Ѓорче Петров\n*Спогодбата Пашиќ. — Стамболијски. — Крум Заграфов влегува со чета во Источна Македонија. — Македонска група во Бугарскиот земјоделски сојуз. — „Црниот блок“ и „Автономистите“. — Акциите на александровци во Неврокоп и Ќустендил. — Државниот удар на 9 јуни 1923 година. — Автономистички банди вршат клања и други ѕверства во Бугарија и Пиринска Македонија. — Септемвриското востание. — „Автономистите“ активни учесници во шпиц-командите. — Бесилките во Горна Џумаја\n*Влијание на Илинденската организација. — Алексо Паша. — Убиството на Тодор Александров. — Клањата во Горна Џумаја. — Прочиствување на Организацијата од прогресивни елементи. — Појавата на ВМРО (Обединета). — Расцеп сред врховиститите: михајловисти и протогеровисти. — Пратеник во бугарскиот парламент. — Избивање на македонски прогресивни дејци. — Обид да бидам убиен. — Весникот „Македонска правда“\n*Ликвидација на михајловистите и нивната вооружена сила. — В. „Македонско знаме“ и паролата за македонската нација. — Судскиот процес против „Обединета“. — Македонската прогресивна емиграција во изборната борба во 1937 година", "subject": ["Моето учество во револуционерните борби на Македонија", "Алексо Мартулков"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE_%D0%B2%D0%BE_%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 1518, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8665", "title": "Акти донесени на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ и прописи од уставен карактер пред Уставот на Народна Република Македонија", "text": "Прописи од уставен карактер пред Уставот на Народна Република Македонија во Федералната Единица Демократска Федерална Македонија во составот на Демократска и Федеративна Југославија од 2 август 1944 година до 8 март 1946 година и во Народна Република Македонија во составот на Федеративна Народна Република Југославија од 8 март 1946 година до 31 декември 1946 година, вон сила, со важност од 2 август 1944 година до 31 декември 1946 година.\n0.0.1 РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНО НАРОДНО ПРЕСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОК ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (АСНОМ)\n0.0.1.1 РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНО НАРОДНО ПРЕТСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОК ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (АСНОМ)\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 1.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКОВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНОНАРОДНО ПРЕТСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОКОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТНА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА(АСНОМ)\n0.0.15.2.1 Член 1\nОсновајќи се на суверената воља и правото на самоопределение на народот на Македонија, чии верни толкователи се предствавителите на ова Собрание, а во согласие со решенијата донесени на II собрание на АВНОЈ (Антифашистичко веќе на народното ослободуење на Југославија) во град Јајце - 29 ноември 1943 година - Антифашистиското собрание на народното ослободуење на Македонија (АСНОМ) се конституира во врховно законодателно и исполнително представително тело на Македонија и македонската држава, како рамноправна федерална единица во демократска федеративна Југославија.\n0.0.15.2.2 Член 2\nАСНОМ врши законодателната и иполнителната функција на македонската федерална држава, доколку таја функција не ја префрлил на својот Президиум и на Народното правителство на македонската држава.\n0.0.15.1.3 Член 3\nАСНОМ го образуваат народните представители, без разлика на народност, вероисповедание, пол, раса и политическо-партијска припадност, кои се дели доказателство, оти ја прихваќат борбата за самостојателност и слобода на народот на Македонија и народно-ослободителната борба на сите останали народи во Југославија, и покрај това се непомиреливи непријатели на окупаторот и неговите помагачи.\n0.0.15.1.4 Член 4\nЗаконодателната власт АСНОМ ја врши на своите пленарни заседанија, а во времето меѓу заседанијата таја власт ја врши преку Президиумот. Исполнителната власт АСНОМ ја врши преку својот Президиум и преку Народното правителство на македонската држава.\n0.0.15.1.5 Член 5\nАСНОМ и Народното правителство на македонската држава се врховни органи на народната власт во македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија. Имајќи пак предвид сегашното развитие на народно-ослободителната борба и степенот на изградуењето на власта во општата држава, а како уште ги нема сите условија за образувањето на Народното правителство на македонската држава, функцијата на Народното правителство ќе ја врши времено ПРЕЗИДИУМОТ на АСНОМ.\n0.0.15.1.6 Член 6\nАСНОМ си избира свој Президиум, кој е составен от претседател, два подпретседатела, два секретара и најмалку други 16 (шеснаесет) члена.\n0.0.15.1.7 Член 7\nЗа својата работа Президиумот одговара пред АСНОМ.\n0.0.15.1.8 Член 8\nСите законодателни решениа на АСНОМ и неговиот Президиум се објавуват со потписите на претседателот и секретарот на АСНОМ, односно неговиот Президиум.\n0.0.15.1.9 Член 9\nНа територијата на Македонија важат законите на федералната македонска држава и законите на федеративна и демократска Југославија.\n0.0.15.1.10 Член 10\nДо формирањето на Народното правителство на македонската држава при Президиумот на АСНОМ се образуват нужен број отдели за разните гранки на државното управление. Секој отдел се управљава от началник на отделот. Началникот на отделот ги води работите на отделот, под раковотството и контролата на член от Президиумот, а кого и одговара.\n0.0.12.1.11 Член 11\nНародното правителство на македонската држава, односно до неговото образовање Президиумот на АСНОМ, има функцијата на народно правителство, основајќи се на решенијата на АСНОМ, а во согласие со решениата на АВНОЈ, како и заповедите и решениата на Националниот комитет на ослободењето на Југославија, донесуе заповеди и решениа и контролира нивното спроведуење во македонската држава.\n0.0.12.1.12 Член 12\nНародното правителство на македонската држава, односно до неговото образување Президиумот на АСНОМ, има право да отфрли заклучениата и заповедите на сите народно-ослободителни одбори, ако не се во склад со законите на македонската држава.\n0.0.12.1.13 Член 13\nРаботите на секое заседание на Собранието ги води Работното претседателство, избрано само за това заседание. Ова претседателство е составено от претседател, подпретседател, два секретара и најмалку 5 члена. За секое заседание се избира и верификациона комисија составена од 5 члена. Новото заседание го отвара Претседателот на претходното заседание, предлагајќи избор на ново работно председателство.\n0.0.12.1.14 Член 14\nОва решение влегуе веднага во сила. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.1.2 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КОНСТИТУИРАЊЕТО НА АСНОМ КАКО ВРКОВЕН ЗАКОНОДАТЕЛЕН И ИЗВРШЕН ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 84. Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 15 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТОНА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕНА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈАЗА КОНСТИТУИРАЊЕТО НА АСНОМ КАКОВРХОВЕН ЗАКОНОДАТЕЛЕН И ИЗВРШЕНОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТНА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА Имајќи ја во вид потребата за воспоставуењето на Народна влада на Македонија, а со обзир на постигнатото средуење на внатрешните отношенија и на зацврстуењето на народната власт, АСНОМ го донесуе следниот закон:\n0.0.15.2.1 Член 1\nНазивот &bdquo;Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија&ldquo; се изменуе и гласи: &bdquo;Народно собрание на Македонија&ldquo;. Називот на извршните органи на државната власт во Македонија се изменуат и ќе гласат: селски, општински, градски, реонски, околиски или окружни народен одбор, градско, околиско и окружно народно собрание.\n0.0.15.2.2 Член 2\nСе укинуе член 13 од Решението на Антифашистичкото собрание на народното ослободуење на Македонија.\n0.0.15.1.3 Член 3\nПрезидиумот на АСНОМ, кој сега стануе Президиум на Народното собрание на Македонија, а кој привремено ги вршеше и работите на Народната влада на Македонија, со формирањето на Народната влада престануе да ги врши тие работи и ги задржуе законодателните функции, кои нему му припаѓат помеѓу заседаниата на Народното собрание на Македонија, и оние извршни функции, кои нему му припаѓат како на Президиум на Федералната држава Македонија и како на представител на државниот и народниот суверенитет на Федерална Македонија.\n0.0.15.1.4 Член 4\nОвој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето. Скопје, 15 април 1945 година.ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.2 ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИНОТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 2.\n=\n0.0.2 ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИНОТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА\n=\n1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, не гледајќи нивната народност, пол, раса и вероисповеданије. 2. На националните малцинства на Македонија се осигурават сите права на слободен национален живот. 3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста на личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и чесната иницијатива во стопанскиот живот. 4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста. 5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението. 6. Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласување на основание на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право. 7. Правото да избират и да бидат избрани во сите изборни тела во народната власт имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. До дека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласување. Малоумните лица, како и лицата кои са провинат по отношение на интересите на народно-ослободителната војна, се лишувајат од правата по точка 5 и 6 на оваја декларација. 8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди. 9. Се забрануват и прогонуват сите фашиски и профашиски дејствија, оти са против слободата и независноста на братската заедница на народите во Југославија. 10. На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решениата на органите на власта по начинот предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите државни власти. 11. Народната власт се стара да острани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура бесплатна просвета. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.3 РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАВЕДУЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 3.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗАЗАВЕДУЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКОСЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКАТАДРЖАВА\n0.0.18.1 Член 1\nВо македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.\n0.0.18.2 Член 2\nОва решение влегуе веднага во сила. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Лупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.4 ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА\n=\n0.0.4 ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА\n=\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 4.ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТАНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА\n0.0.15.2.1 Член 1\nАСНОМ се собира на позив на Президиумот на редовно и прекоредно заседание.\n0.0.15.2.2 Член 2\nАСНОМ се собира на редовно заседание по правило два пати годишно. На редовно заседание Президиумот поднесува доклад за својата работа.\n0.0.15.1.3 Член 3\nПрекоредно заседание на АСНОМ свикуе Президиумот по потреба или по тражењето на една четвртина претставители. Своето тражење претставителите го поднесуват на Президиумот. Во предложението за свикуење на прекоредното собрание се назначуват дневниот ред и конкретните предложенија.\n0.0.15.1.4 Член 4\nЗаседанието на Собранието го отвара претседателот на АСНОМ, а седниците на заседанието ги раководи работното председателство, избрано на самото заседание.\n0.0.15.1.5 Член 5\nВерификационата комисија утврдуе правилноста на мандатите на народните представители, установуе дали има кворум и дали се представителите правилно повикани на прекоредно заседание и за најденото поднесуе свој доклад и предложение. По тој доклад Собранието решава за признанието на мандатот на секој представител и за натамошната работа.\n0.0.15.1.6 Член 6\nНа секоје заседание секретарите на АСНОМ, со помошта на потребен број технички лица, водат записник за седниците на заседанието. Записникот го потпишуе претседателот и секретарите на АСНОМ.\n0.0.15.1.7 Член 7\nЗа секоја точка на дневниот ред и за секоје предложение се расправуе и решава отделно.\n0.0.15.1.8 Член 8\nСекој представител е должен да присуствуе на седниците на Собранието и има право да учествува во дискусијиата и да прави предложение. Председателот има право, по потреба, да ограничи времето на говорот. Ако настане спор, за тоа ограничение, решава Собранието.\n0.0.15.1.9 Член 9\nСобранието може да донесе полноважни решениа, ако на заседанието присуствуе повеќе од половината народни представители.\n0.0.15.1.10 Член 10\nПредложението се смета примено, ако за него гласуват повеќе от половината присуствени представители. Ако се гласовите поделени, се смета оти предлогот не е примен. Начинот на гласувањето го определуе председателот, што е раководи седницата. Ако настане спор, решава Собранието.\n0.0.12.1.11 Член 11\nАСНОМ, односно Президиумот, решава за примањето на нови представители, народни борци и дејци на народно ослободителното движење с&egrave; до тогај, до дека не бидат распишани општи избори за представители на АСНОМ.\n0.0.12.1.12 Член 12\nНародните представители не може да бидат затворени ни предадени на суд без согласието на Собранието, односно на Президиумот во време кога Собранието не заседава, освен во случај на предателство и кога се затечени при вршење на тешки претстапленија.\n0.0.12.1.13 Член 13\nОвој правилник за работа влегуе веднага во сила. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.4.2 ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТАТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 83. На основание точка 1 од Решението на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за конституисање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен орган на државната власт на демократска и Федерална Македонија, АСНОМ го донесува следното:ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ПРАВИЛНИКОТЗА РАБОТАТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕНА НАРОДНОТО ОСЛОВОДУЕЊЕНА МАКЕДОНИЈА\n0.0.15.2.1 Член 1\nЧлен 3 се изменува и гласи така:&bdquo;Прекоредното собрание на АСНОМ го свикуе Президиумот по потреба или по сакањето на една половина народни представители. Во предложението за свикувањето на прекоредното собрание се назначуват дневниот ред и конкретните предложениа.&ldquo; Член 4 се укинува. Член 5 се укинува. Член 6 става член 4. Член 7 се укинува. Алинеа 2 на член 8 се укинува, и Член 8 става член 5. Член 9 става член 6. Член 10 става член 7. Член 11 се укинува. Член 12 става член 8.\n0.0.15.2.2 Член 2\nНа заседанието на Собранието председателствува Председателот или еден од потпретседателите. Председателот се грижи за вршењето на работата и за запазување редот на работата на заседанието.\n0.0.15.1.3 Член 3\nЗаседаниата на собраниата се јавни. Тие можат да бидат и тајни по предложение на Президиумот или најмалку 30 народни представители. За овоа предложение се гласа без дискусиа.\n0.0.15.1.4 Член 4\nСекое заседание почнува со читање на дневниот ред и записникот от миналото заседание. Дневниот ред на првото свикување го утврдува Президиумот на АСНОМ. За секое едно заседание дневниот ред може да се измени со одлука на Собранието. Дневниот ред ќе се објави со нарочни објави во салата и зградата во која се држат заседанијата.\n0.0.15.1.5 Член 5\nНа заседанијата на Собранието право да говорат имат само народните представители и лица кој са нарочно повикани от страна на Президиумот или Собранието. Председателот дава думата на говорниците и това по ред како кој се пријави. Говорниците се пријавуват за дума писмено на Председателот во течението на дебатата.\n0.0.15.1.6 Член 6\nПо сите поважни предмети се води во Собранието дискусија (претрес). Дискусијата се врши по принцип и во поединости. Собранието своите одлуки ги донесува во вид на закон или резолуција. Предложенијата за закони и резолуции, пред да се изнесат на претрес во пленумот, се претресуват во надлежните одбори на Собранието.\n0.0.15.1.7 Член 7\nЗа полесно свршување на работите, Собранието избира нарочни одбори, и това: законодателен одбор, финансијски одбор, одбор за молби и жалби и мандатни одбор. За изнесување на молби пред Собранието решава одборот за молби и жалби. Свија одбори са постојани, а во времето меѓу заседаниата на Собранието работат како одбори на Президиумот. Собранието може да определи и други истражни и анкетни одбори за по некој прашања. Сите власти во Македонија должни са по барање на тие одбори да им дадат содејствие во нивната работа.\n0.0.15.1.8 Член 8\nГоворникот може да говори само за прашањето кое е на дневен ред. Председателот има право да го ограничи времето на говорот и да го опомене говорникот за дневниот ред.\n0.0.15.1.9 Член 9\nПредложениа за закони и резолуции можат да поднесуват народните представители и министрите.\n0.0.15.1.10 Член 10\nПо правило народните представители преку Председништвото треба да бидат обавестени за проектот на предложението преди да се предложението стави на дневен ред на заседанието.\n0.0.12.1.11 Член 11\nЗа хитноста на поедини решениа решава Собранието.\n0.0.12.1.12 Член 12\nНародните представители имат право да постават прашање на Председателството на Собранието, на Народната влада или на поедини министри. Прашањата се поставуват писмено или усмено во почетокот на заседанието. На поставеното прашање Президиумот на Собранието, односно на владата и министрите должни се да одговорат усмено или писмено најдоцна во срок от три дена.\n0.0.12.1.13 Член 13\nНа народниот представител Председателот може да му ја земе думата ако ни после опомената на Председателот не се придржува на дневниот ред или пак ако говори во тон недосојен на Собранието. Во потешки случаи Собранието може може да го ислључи народниот представител от едно или повеќе заседаниа.\n0.0.12.1.14 Член 14\nМандатот на народниот представител престанува со смрта, а се губи: 1. ако е осуден за нечесно дело; 2. ако со својето држање во Собранието и надвор од него го слаби угледот на народни представители; и 3. ако неправилно и постојано отсуствува от заседанијата на Собранието. За губењето на мандатот на народен представител решава Собранието по продолжение на мандатниот одбор.\n0.0.12.1.15 Член 15\nНа народните представители Президиумот им издава специални легитимации за народни представители.\n0.0.4.2.16 Член 16\nНикој вооружен не смее да влезе во салата во која се држат заседанијата на Народното собрание освен лица кои Председништвото ќе ги повика со оружје.\n0.0.4.2.17 Член 17\nГраѓани можат да присуствуват на заседанијата на Собранието со билети издадени от Президиумот.\n0.0.4.2.18 Член 18\nИскључително право за одржување на редот како во зградата така и во салата каде се држат заседанијата припаѓа на Президиумот на Собранието. Председателот може да ги искључи слушачите кои го нарушуват редот и мирот.\n0.0.4.2.19 Член 19\nОва изменение и дополнение на Правилникот за работата влага во сила со изгласувањето от АСНОМ. Скопје, 14 аплил 1945 година.ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.5 РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАТЕЛНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 5.РЕШЕНИЕНА АСНОМ ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАТЕЛНАКОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТНА АСНОМ\n0.0.18.1 Член 1\nОбразува се законодателна комисија при Президиумот на АСНОМ.\n0.0.18.2 Член 2\nЗаконодателната комисија е составена од претседател и 6 члена. Ова комисија е именује Президиумот на АСНОМ.\n0.0.18.3 Член 3\nЗаконодателната комисија претресуе и дава мнение по законопроектите, донесени по иницијативата на Президиумот на АСНОМ, Народното правителство и поедините представители, а и самата изработуе законски проекти. Својот доклад за поедините законски проекти, комисијата го поднесуе на АСНОМ, односно на Президиумот на АСНОМ.\n0.0.18.4 Член 4\nОва решение влегуе веднага во сила. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.6 РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУЕЊЕ ПРЕСТАПЛЕНИЕТО НА ОКУПАТОРИТЕ И НИВНИТЕ ПОМАГАЧИ\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 6.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОБРАЗУВАЊЕНА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУЕЊЕПРЕСТАПЛЕНИЕТО НА ОКУПАТОРИТЕИ НИВНИТЕ ПОМАГАЧИ\n0.0.18.1 Член 1\nПри Президиумот на АСНОМ се образува државна конисија за утврдување престапленијата, направени от окупаторите и нивните помагачи во теченије на војната.\n0.0.18.2 Член 2\nЗадачата на Комисијата ќе биде да утврди престапленијата, да ги пронајде и приведе за наказание сите онија лица, одговорни за престапленијата направени во Македонија за времето на окупацијата.\n0.0.18.3 Член 3\nПрезидиумот на АСНОМ ќе именује членовите на оваја комисија веднага.\n0.0.18.4 Член 4\nОва решение влегуе веднага во сила. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.7 РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДОБРЕНИЕ РЕШЕНИАТА, ЗАПОВЕДИТЕ И ЗАДОЛЖЕНИАТА, ЗЕМЕНИ ОТ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА И ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 7.\n=\n0.0.7 РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДОБРЕНИЕ РЕШЕНИАТА, ЗАПОВЕДИТЕ И ЗАДОЛЖЕНИАТА, ЗЕМЕНИ ОТ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА И ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ\n=\nАнтифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија, на своето Прво заседние от 2 август 1944 година, донесуе следото решение: 1. Се одобруват и потврдуат сите решениа, заповеди и задолженија на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија издадени и земени во времето до ова заседание. 2. Се одобрува работата на Иницијативниот одбор за свикување на Народното Собрание на Македонија за времето до ова заседание. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.8 РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОТДАВАЊЕ ПРИЗНАНИЕ И БЛАГОДАРНОСТ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 8.\n=\n0.0.8 РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОТДАВАЊЕ ПРИЗНАНИЕ И БЛАГОДАРНОСТ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА\n=\nПрвото пленарно заседание на АСНОМ го изразуе своето признание и народната благодарност на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија за изградуењето и организуењето на нашата народна војска и за успешното раководење на операциите во борбата против непријателите на нашиот народ. Првото пленарно заседание на АСНОМ ја изразуе долбоката благодарност на Главниот штаб и за неговата сестрана политическа работа окулу собирањето на сите патриотически сили на нашиот народ, подигнуењето на името на нашата земја пред туѓина и работата окулу изградуењето на истинска, демократска власт. Исто така, Првото пленарно заседание на АСНОМ изразуе народно признание и благодарност на борците от народно-ослободителната војска образувана от најсвесните и најдобрите синови на македонскиот народ, - на борците кои со својата крф и коски, со својата геројвска борба и натчовешки напори и постигнатите победи, а во заедничката борба со Народно-ослободителните војски на останалите братски народи во Југославија, ги поставија основите на македонската држава и слобода. Народно-ослободителната војска е најголемата придобивка на нашата народно-ослободителна борба. Првото пленарно заедание на АСНОМ веруе оти нашето воено раководство, а на чело со Главниот штаб, заедно со борците на Народно-ослободителната војска ќе одат от победа во победа, с&egrave; до крајното изгонуење на окупаторите от македонската земја. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.9 РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОГЛАСУЕЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗА НАРОДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА\nАНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 9.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗАПРОГЛАСУЕЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗАНАРОДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИКНА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА\n0.0.18.1 Член 1\nИлинден - 2 август - се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободуење от вековното ропство и создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава.\n0.0.18.2 Член 2\nОва решение влегуе веднага во сила. Во манастирот &bdquo;Свети Отец Прохор Пчински&ldquo;, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.10 РЕШЕНИЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ\n0.0.10.1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУЕЊЕ И ДОПОЛНУЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ\nПРЕЗИДИУМ НА НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 87. Народното собрание на Македонија, на своето заедание одржано на 16 април 1945 година го донесе следниотЗАКОНЗА ИЗМЕНУЕЊЕ И ДОПОЛНУЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТОЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕНА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВМАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ\n0.0.15.2.1 Член 1\nЧленовите 7, 8 и 9 од Решението на Президиумот на АСНОМ од 30 декември 1944 година, за создавање на Суд за престапленијата извршени против македонската национална чест се изменуваат и гласаат така: Член 7 &bdquo;Претседателот, судиите и секретарот на судот ги назначуе Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум. Претседателот на Судот, на кого во работата му помага секретарот на Судот, има право да во рамките на овој закон издава на судските состави напатствија за вршењето на работите од формална гледна точка доколку тоа не е јасно определено од овој закон&ldquo;. Член 8 &bdquo;Седиштето на судот е во Скопје. Судот ја врши судската власт во состав од петорица судии. Судските состави се покретни и судат по правило во складиштата на окружните народни одбори во денови определени од судот порано. Членовите на судот од територијата на округот секогаш по правило влегуат во составот на судот кој суди во тој округ&ldquo;. Член 9 &bdquo;Составуењето на судскиот состав го врши претседателот на судот. Секој состав има секретар, кој од редовите на правниците го поставуе Президиумот на Народното собрание. Секретарот на составот ги води записниците на судските расправии, помага при изработуењето на судските одлуки и ги врши административните работи се под надзор на претседателот на составот, а самиот состав има само советодавен глас&ldquo;.\n0.0.15.2.2 Член 2\nНародниот обвинител при судот за судење на престапленијата извршени против македонската национална чест влегуе во составот на Јавното обвинителство на Македонија.\n0.0.15.1.3 Член 3\nОвој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето. Скопје, 16 април 1945 година.ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.10.2 ЗАКОН ЗА УКИНУЕНЈЕТО НА РЕШЕНИЕТО НА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 30 XII 1944 ГОДИНА, И ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА РЕШЕНИЕТО НА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЈЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 16 АПРИЛ 1945 ГОДИНА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 81. По предложение на министерскиот совет на Народната влада на Демократска федерална Македонија и докладот на Законодателниот одбор при Президиумот на Народното собрание на Македонија, на своето заседание од 1 јули 1945 година донесе следниот:ЗАКОНЗА УКИНУЕНЈЕТО НА РЕШЕНИЕТО НААСНОМ ЗА СОЗДАВАНЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НАПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТАНАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 30 XII 1944 ГОДИНА, ИЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА РЕШЕНИЕТОНА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЈЕ НА СУД ЗАСУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВМАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 16 АПРИЛ1945 ГОДИНА\n0.0.15.2.1 Член 1\nРешението на АСНОМ за создаване на Суд за суденје на престапленијата извршени против македонската националната чест од 30 XII 1944 година, како и Законот за изменение и дополнение на Решението на АСНОМ за создавзне на Суд за суденје на престапленијата извршени против македонската национална чест од 16 април 1945 година се укинуват исцело и се турат ван снага, бидејки да истите изиграја својата ролја во една определена етапа и сега се укажуват како непотребни. Престапленијата и злодејанијата извршени против татковината ке се разгледуват и пресудуавт од редовните Народни грагјански или војни судови.\n0.0.15.2.2 Член 2\nОвој Закон влегуе во законска сила со денот на објавуенјето. Секретар Претседател на Президиумот на Народното на Президиумот на Народното Собрание на Македонија, Собрание на Македонија, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.11 ЗАКОН ЗА ЗАКЛЕТВАТА НА НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВИТЕЛИ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 85. Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 15 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА ЗАКЛЕТВАТА НА НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВИТЕЛИНА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА\n0.0.18.1 Член 1\nНародните претставители на Народното собрание на Македонија, на кои представителските мандати им се заверени од Мандатниот одбор и се признати од Народното собрание, ја положуат на заседанието на Народното собрание на Македонија следната заклетва:&bdquo;Ја, Н. Н., се колнам во честа на својот народ, дека верно и безуморно ке служам на народот, дека сите свои должности ке ги вршам свесно и праведно, чувајќи и бранејќи ги тековините на народноослободителната борба, за среќа и напредок на Македонија и Демократска Федеративна Југославија&ldquo;.\n0.0.18.2 Член 2\nОвој закон влегуе во сила кога ќе го изгласа Собранието. Скопје, 15 април 1945 година.ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.12 ЗАКОН ЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА\n=\n0.0.12 ЗАКОН ЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА\n=\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 86. Народното собрание на Македонија, на своето заседание од 16 април 1945 година, а по предложение на Законодавниот одбор, го донесе следниотЗАКОНЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА\n0.0.15.2.1 Член 1\nКако шпекулација се смета стопанско дејствие, кое има за цел, исползувајќи извонредните опстојателства настапини поради војната и фашистичката окупација да постигне несразмерна стопанска полза, во вреда на народните и нтереси и на снабдувањето на Југословенската армија и населението. Шпекулацијата се накажуе по распоредбите на овој закон, до колку не се предвидени построги наказанија во некој друг закон.\n0.0.15.2.2 Член 2\nКако шпекулација, во смисла на овој закон, се смета: 1) Секоја работа и дејствие, кое се претприема со намерание, да се стоките (трговската, занаетчиската, индустријалната, земјоделските и стоководните производениа и предметите необходни за народното стопанство и слично), со натрупуење, укинување, непријавување, ограничуење на продажба или непродавање воопште, повлечујат од прометот и со това повиси нивната цена; 2) Сакање поголема цена за стоката која цена обеспечава на производителот, на посредникот односно на продавачот печалба, која се, со обзир на местото, времето и сите други опстојателства, смета како прекумерна; 3) Секое непридржуење на одредените или кои ќе бидат одредени по надлежен ред цени; 4) Купуење, продавање или произведуење на стоки противни на надлежните расписанија; 5) Запирање или ограничуење на стопанската дејност без уважителни причини, повредуење сопственото си предпријатие, или стока со цел да се растрои економската сила на нашата федерална единица; 6) износ или превоз на стока без позволение од надлежната власт, ако е за износот или превозот предвидено да се има позволение од надлежната власт; 7) секое споразумение меѓу производителот, посредникот и продавачот со цел да се повиши цената односно со цел да се одржи високата цена испречи нејзиното намалуење; 8) многукратно препродавање, односно уведуење непотребни посредничества во прометот на стоките важни за снабдуењето на Југословенската армија и населението, поради кое стоката би могла да поскапее; 9) купуење на стоката по трговите (пазарите), или по пат на тргот од производителите или други лица, за да се продава, како и одвраќање производители и други лица да произведујат стоки или да ги продават; 10) неозначуење на видно место во заведенијата, на трговите или на други места определени за продажба, ценовници, етикети и слично, на сите стоки определени за продажба.\n0.0.15.1.3 Член 3\nДела извршени против распоредбите на овој закон се накажујат според тржината на своето дејание со: 1) глоба; 2) присилна физичка работа од 3 месеци до 3 години; 3) конфискација на стоките со кои е извршена шпекулациа; 4) конфискација на целиот имот на осуденото лице; 5) смрт. Наказанијата под т.т. 1, 2 и 3 од став 1 на овој член можат да се наложат заедно против осуденото лице, а наказанието од точка 5 повлечуе и това од точка 4. Наказанието по точка 5 став 1 од овој член се налага само во случаите, кога е со деанието за шпекулацијата нанесена вреда на саштествените народни интереси или е во гокем маштаб угрозено снабдуењето на Југословенската армија и населението, како и кога е извршителот на делото со умисал делал да ослаби економската сила на нашата федерална единица во полза на непријателот. При наложуење наказанијата от т.т 4 и 5 став 1 на овој член, се оставуе на неполнолетните деца и на безимотна сопруга најнужните средства за живот како и на неработноспособните членови на семејството.\n0.0.15.1.4 Член 4\nГлобата не може да биде поголема од стократната стојност на стоката според цената по која е она незаконски продавана, а која е предмет на наказателното проследуење. Во случаите кога стоката не е непосредствен предмет на наказателното проследуење, глобата се налага во размер од 1.000 до 1.000.000 лева.\n0.0.15.1.5 Член 5\nГлобите се наплатујат и конфискациите се извршујат во полза на Македонската федерална единица. Конфискованата стока се оставуе на чување на народниот одбор на местото каде е донесена пресудата, а со стоката, односно имотот се постапуе по следниот начин: 1) Ако стоката подложи на брза разнела или е добиток се продава по определените цени, а сумата се става на расположение на Министерството за трговија и снабдуење, односно на Министерството за индустрија и рударството; 2) Целата друга стока се пази и за това се известуе Министерството за трговија и снабдуење, односно Министерството за индустрија и рударство, кои располагат со истата во рамките на саштествуваштите распореждениа.\n0.0.15.1.6 Член 6\nГлоба во случаи на неисплатимост се заменуе со присилна работа, като се смета по 300 лева за секој ден на присилна работа. Наказанието присилна физичка работа, со кое се заменуе глобата, не може да биде подолго од три (3) години.\n0.0.15.1.7 Член 7\nУсловно наказание не се допушта.\n0.0.15.1.8 Член 8\nСопственикот на претпријатието или заведението, ако е физичко лице, одговара за неспазуење распоредбите на овој закон, доколку не се докаже да се дејанијата извршени од неговиот намештеник, без негово знание или одобрение во последствие. Во таков случај одговара намешникот. За глобата, во секој случај, одговара солидарно и сопственикот на претпријатието или на заведението. Намештениците, или други лица, ако учествуеле во кривичното дело, како саучесници или помагачи одговарат исто така по овој закон. При правните лица, одговара лицето на кое е поверено вршењето на работите, доколко не се докаже да е деанието извршено без негово знание. Во таков случај одговара лицето, а солидарно одговара и правното лице.\n0.0.15.1.9 Член 9\nОстем наказанијата наложени по распределбата на овој закон, може во претпријатијата или заведенијата нарочно важни за снабдуењето на Југословенската армија и населението да се назначи делегат на народноослободителната власт за сметка на претпријатието или заведанието, со задача да се грижи за правилната работа на претпријатието или заведанието. Делегатот се назначуе од Министерот за трговијата и снабдуењето, односно од Министерот за индустријата и рударството.\n0.0.15.1.10 Член 10\nЗа судопроизводството и донесуењето на пресудите се надлежни редовните народни судови. Месна надлежност се определуе согласно распоредбите кои важат за сите судови. Дудопроизводството се открива: 1) по чесна пријава или 2) службено. Сите органи на власта кои ќе се научат за постоењето на некое дело по овој закон, се должни да поднесат затоа пријава до соодветниот редовен народен суд.\n0.0.12.1.11 Член 11\nПротив пресудата на првостепените редовни народни судови се допушта жалба во срок од 8 дена преку првостепените редовни народни судови, чија пресуда е окончатена. Жалбата не го задржуе исполнуењето на пресудата, но судот може да го одложи исполнуењето до влегуењето во законска сила на пресудата, ако постои опасност да ќе се нанесе со това на осудениот непоправима штета. Пресудата изречена по член 3 став 1 точка 5 на овој закон се извршуе кога ќе влезе во законска сила. Судот може да постави да пресудата по нејзиното влегуење во законска сила се објави во дневниот печат за сметка на осудениот.\n0.0.12.1.12 Член 12\nРедовните народни судови можат да наредат, да се подозреното лице притвори ако постои опасност да избега или да попречи на истрагата.\n0.0.12.1.13 Член 13\nОвој закон се спроведи во дејствие од страна на Министерот за трговија и снабдуење, односно Министерот за индустрија и рударство, во согласност со Министерот на судството.\n0.0.12.1.14 Член 14\nДо формирањето на редовните народни судови, делата по овој закон ќе ги разгледат воените судови.\n0.0.12.1.15 Член 15\nОвој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето. Скопје, 16 април 1945 година.ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.12.2 РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАНЈЕ ВОН СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУЕНЈЕ НА СПЕКУЛАЦИЈАТА\n=\n0.0.12.2 РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАНЈЕ ВОН СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУЕНЈЕ НА СПЕКУЛАЦИЈАТА\n=\nМИНИСТЕРСКИ СОВЕТ НА ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА (БЕЗ ХРОНОЛОШКИ РЕДЕН БРОЈ.) Министерскиот Совет на Федерална Македонија, на заседанието си от 28 април 1945 година донесе следното решение: Како законот против недопуштената спекулациа и стопанското саботиранје донесен от Президиумот на АВНОЈ на 23 април 1945 година и објавен во &bdquo;Службен лист на Демократска Федеративна Југославија&ldquo; на 25 април тековнава година важи за целата територија на Југославија и со него се заменуват сите претходни происи от оваја материја. За това се става вон сила законот за спречуенје спекулацијата донесен на 16 април тековнава година от Народното Собрание на Македонија и за напред ке важи законот за недопуштената спекулација и стопанско саботиранје от 23 април 1945 година. До организиранје на редовните судови, делата по овој закон ке бидат рагледавани и судени от Воените судови. Овоа решение влегуе во сила со денот на објавуванието му. Министер Претседател на Правосудието, на Министерскиот Совет, Д-р Павел Шатев, с.р. Лазар Колишевски, с.р.\n0.0.13 ЗАКОН ЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СКОПЈЕ\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 88. Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниот ЗАКОНЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СКОПЈЕ\n0.0.18.1 Член 1\nСе овластуе Президиумот на Народното собрание на Македонија да изработи закон за Универзитетот во Скопје. Овој закон ќе содржи прописи који ќе се осигури работата во Универзитетот на науката и високото стручно образование во согласие со тековините на народноослободителната борба и со потребите за изградуењето на новата државна заедница.\n0.0.18.2 Член 2\nОвој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето. Скопје, 16 април 1945 година. ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.14 ЗАКОН ЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСАТ УРЕДБИ ЗА ВИСОКИТЕ ШКОЛИ И АКАДЕМИИ\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 89. Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСАТ УРЕДБИЗА ВИСОКИТЕ ШКОЛИ И АКАДЕМИИ\n0.0.18.1 Член 1\nСе овластуе Народната влада на Македонија да пропишуе уредби за високите школи и академији.\n0.0.18.2 Член 2\nОвој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето. Скопје, 16 април 1945 година.ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.15 ЗАКОН ЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА\n=\n0.0.15 ЗАКОН ЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА\n=\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 90. Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА\n0.0.15.2.1 Член 1\nНародната влада е врховен извршен и наредбодавен орган на државната власт на Федералната единица Македонија.\n0.0.15.2.2 Член 2\nНародната влада ја именуе Президиумот на Народното собрание на Македонија. Владата е одговорна пред Народното собрание и на него му дава сметка за својата работа.\n0.0.15.1.3 Член 3\nНародната влада на Македонија се состои од: претседател на владата, два потпретседатела и министри за: внатрешни работи, судство, просвета, финансии, индустрија и рударство, трговија и снабдуење, земјоделие и шумарство, социјална политика, народно здравје и градежи. По некој министерства можат да се соединуват поради сродноста на работата, а во случај на потребата да се оснуат и други министерства. За соединуењето или основуењето на министерства решуе Народното собрание, односно неговиот Президиум, по однапред дадено согласие на Президиумот на АВНОЈ.\n0.0.15.1.4 Член 4\nНародната влада ги раководи преку своите министерства, на територијата на Федерална Македонија, работите на државната управа, кој не спаѓат во надлежност на владата на Југославија и на нејзините министерства.\n0.0.15.1.5 Член 5\nНародната влада преку своето Претседателство ја раководи, соединуе и усмеруе работата на поедините министерства и на другите установи кои потпаѓат во нејна надлежност.\n0.0.15.1.6 Член 6\nНародната влада и министрите во рамките на својата надлежност издават уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето и разработуењето на законите на Антифашистичкото веќе на народното ослободуење на Југославија, односно на неговиот Президиум и на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум. За работите на државната управа од надлежноста на Народната влада на Југославија и на нејзините министерства, Народната влада на Македонија и нејзините министри донесуат уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето на уредбите и решенијата на Народната Влада на Југославија.\n0.0.15.1.7 Член 7\nМинистрите на Македонија раководат со поверената им гранка на управата во рамките на законите на АВНОЈ, односно неговиот Президиум, и на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум, потчинуејќи се непосредно на Народната Влада на Македонија, они донесуат уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето на уредбите и решенијата на Народната влада на Македонија.\n0.0.15.1.8 Член 8\nНародната влада и министрите на Македонија имат право да присуствуват на заседанијата на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум и должни се да дадат најдоцна за три дена усмен или писмен одговор на прашањето од страна на членовите на овие две тела. Народната влада на Македонија и поедините нејни министри имаат право на законодателна иницијатива.\n0.0.15.1.9 Член 9\nЧленовите на Народната влада при стапуењето на должност ја положуат следната заклетва на народот:&bdquo;Ја Н. Н., се колнам во честа на својот народ, дека верно и безумерно ќе служам на народот, дека своите должности по законот ќе ги вршам совесно и непристрасно, чувајќи и бранејќи ги тековините на народноослободителната борба за среќа и напредок на Македонија и Демократска Федерална Југославија.&ldquo; Заклетвата ја положуат пред Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум.\n0.0.15.1.10 Член 10\nОвој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето. Скопје, 16 април 1945 година.ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.15.2 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ЗАКОНОТ НА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 232. На основание т.т. 1, 2, 4 и 8 од Решението Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за конституисањето на АСНОМ како врховно законодателно и исполнително претставително тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија, во врска со член 3 од Законот за изменение и дополнение на горното Решение и по предлог на Владата на Народната Република Македонија, - Президиумот на Народното собрание на Народната Република Македонија го донесуе следниотЗАКОНЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ЗАКОНОТНА НАРОДНАТА ВЛАДАНА МАКЕДОНИЈА\n0.0.15.2.1 Член 1\nЧлен 3 алинеја 1 од Законот за Народната Влада на Македонија од 16 април 1945 година се изменуе и гласи:&bdquo;Владата на Народна Република Македонија се состои од: Претседател на владата, два потпретседатели, министри на: внатрешни работи правосудие просвета финансии индустрија и рударство трговија и снабдуење земјоделие и шумарство социални грижи народно здравје градежи трудот еден министер без ресор Претседател на планската комисија и Претседател на контролната комисија&ldquo;.\n0.0.15.2.2 Член 2\nОвој Закон влегуе во сила со денот на неговото изгласуење. Број 513. Скопје, 6 јули 1946 година.Президиум на Народното собрание на НароднатаРепублика Македонија Секретар, Претседател, Наум Наумовски, с.р. Богоја Фотев, с.р.\n0.0.16 ЗАКОН ЗА ИМЕТО НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 68. На основание т.т. 1, 2, 4 и 8 од Решението на Антифашиското Собрание на Народното ослободуење на Македонија за конституисанието на АСНОМ како врховно законодавно и исполнително претставително тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија, во врска со член 3 од Законот за изменение и дополнение на горното Решение, Президиумот на Народното Собрание на Македонија го донесува следниотЗАКОНЗА ИМЕТО НА НАРОДНА РЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА\n0.0.18.1 Член 1\nНа основа член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија досегашното име на нашата федерална единица &bdquo;Демократска Федерална Македонија&ldquo; се изменуе и гласи: &bdquo;Народна Република Македонија&ldquo;.\n0.0.18.2 Член 2\nСообразно со претходниот член имињата: Народно Собрание на Македонија, Президиум на Народното Собрание на Македонија и Народна влада на Македонија се изменуват и гласат: Народното собрание на Народната Република Македонија, Президиум на Народното собрание на Народната Република Македонија и Влада на Народната Република Македонија.\n0.0.18.3 Член 3\nСо овој Закон да се сообразат наименовањата на сите органи на државната власт и државната управа на Народната Република Македонија.\n0.0.18.4 Член 4\nОвој Закон влегуе во сила веднага со изгласуењето.Президиум на народното собрание на Македонија Скопје, 8 март 1946 година Број 195 Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р. Методија Андонов-Ченто, с.р.\n0.0.17 ЗАКОН ЗА ГРБОТ НА НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 245. Народното собрание на Народна Република Македонија, на своето второ вонредно заседание одржано на 27 јули 1946 година го донесе следниотЗАКОНЗА ГРБОТ НА НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.0.18.1 Член 1\nГрбот на Народна Република Македонија представуе поле опкружено со житно класје, испреплетени со плодови од афион и со тутуново лисје, кои се на дното поврзани со лента прошарена со народни мотиви. На лентата е испишано: &bdquo;Народна Република Македонија&ldquo;. Помегју врвоите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртуе планина, чието подножје тече река. Зад планинота изгрева сонце.\n0.0.18.2 Член 2\nОвој Закон влегуе во сила со денот на неговото објавуење на &bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo;. Број 559 - Скопје, 27 јули 1946 година.Президиум на Народното собрание на НароднаРепублика Македонија Секретар, Претседател, Наум Наумовски, с.р. Богоја Фотев, с.р.\n0.0.18 ЗАКОН ЗА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 246. Народното собрание на Народна Република Македонија, на своето второ вонредно заседание одржано на 27 јули 1946 година го донесе следниотЗАКОНЗА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.0.18.1 Член 1\nУставот на Народна Република Македонија ке го донесе Уставотворното собрание на Народна Република Македонија избрано на слободни избори, со непосредно и тајно гласање. Уставотворното собрание ке донесе Устав на Народна Република Македонија и одлука по сите акти кои ги донело Антифашиското собрание на Народното ослободуење на Македонија и неговиот Президиум односно Народното собрание на Народна Република Македонија и неговиот Президиум до состанокот на Уставотворното собрание. Уставотворното собрание поблиску ке одреди кои работи ке ги врши покрај својот главен задаток.\n0.0.18.2 Член 2\nУставотворното собрание на Народна Република Македонија го избираат сите грагјани на Федеративна Народна Република Југославија кои стално живејат на подрачијето на Народна Република Македонија, а по прописите на законот за избор на пратеници за Уставотворното собрание на Народна Република Македонија.\n0.0.18.3 Член 3\nУказ за свикуење на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија донесуе, на предлог на Владата на Народна Република Македонија, Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија.\n0.0.18.4 Член 4\nПрвото заседание на Уставотворното собрание го отворуе Претседателот на Народното собрание на Народна Република Македонија кој ке го повика по години најстариот член на Уставотворното собрание да го превземе привременото раководство на заседанијата. Секретарската должност ке ја вршат три пратеници кои ке ги избере Уставотворното собрание на предлог на привремениот претседател.\n0.0.18.5 Член 5\nНа првиот состанок на Уставотворното собрание присатните пратеници ке ги предадат уверењата издадени од изборните комисии и по тоа ке изберат верификационен одбор од 15 члена. После овој избор првиот состанок на Уставотворното собрание се заклучуе.\n0.0.18.6 Член 6\nВерификациониот одбор ги испитуе уверењата на пратениците, сите изборни актои и сите жалби против изборите. Верификациониот одбор најдоцна во срок од 7 дена ке изработи свој извештај, одреди известители и печатниот извештај ке го достави на пратениците.\n0.0.18.7 Член 7\nНа идниот ден, од кога е извештајот доставен, претседателот на верификациониот одбор свикуе заседание на Уставотворното собрание на кое одма се пристапуе кон претресуење на извештајот на верификациониот одбор. До изборот на Президиум на Уставотворното собрание со заседанијата раководи претседателот на верификациониот одбор.\n0.0.18.8 Член 8\nПретресот по извештајот на верификациониот одбор може да трае најмногу пет дена. Уставотворното собрание може да го оснажи или поништи изборот или да ја одложи одлуката и нареди формирање на иследни и ревизиони одбори кои ке имаат на задаток да ги испитуваат сите спорни прашања. Секое спорно прашање има да се реши во срок од 10 дена.\n0.0.18.9 Член 9\nАко се поништи мандатот на еден пратеник поради немање услови за избирачко право, ке се повика за пратеник неговиот заменик. Исто така ке се постапи и ако избраниот пратеник умре или на друг начин му престане мандатот. Ако е мандатот поништен заради неправилности во изборни акт, поради кое се смета да кандидатот не е избран за пратеник, ке се извршат дополнителни за оваа изборна единица.\n0.0.18.10 Член 10\nПо завршниот претрес на извештајот на верификациониот одбор, пратениците чии избори се потврдени, полагаат пред Уставотворното собрание пратеничка клетва. Текстот на клетвата гласи: &bdquo;Јас, (име и презиме), се колнам во својата чест и честа на својот народ дека како народен пратеник во работата на Уставотворното собрание верно ке го застапуам својот народ и дека неуморно ке ги чувам и бранам тековините на народната борба, демократските права и слободата на народот&ldquo;.\n0.0.18.11 Член 11\nПосле положената клетва пратениците избираат за раководење со заседнијата на Собранието претседател, потпретседател и секретар. Најпрвен се избира претседател и тоа со просто мнозинство на гласови. После изборот на претседателот ке се изврши избор на потпретседател, а после тоа избор на секретар. Гласањето е тајно. После тоа се пристапуе кон претресуење и примање на пословникот на Собранието.\n0.0.18.12 Член 12\nУставотворното собрание избира Президиум на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија. Прзиидиумот на Уставотворното собрание се состои од претседател, три потпретседатели, два секретари и најповеке триесет членови. Президиумот на Уставотворното собрание се избира со тајно гласање на основа на кандидатските листи со просто мнозинство на гласови на присатните пратеници.\n0.0.18.13 Член 13\nПрезидиумот на Уставотворното собрание ги врши сите права на врховен орган на државната власт на Народна Република Македонија во времето прекидот на заседанијата на Уставотворното собрание. Президиумот на Уставотворното собрание за целокупната своја работа е одговорен на Уставотворното собрание.\n0.0.18.14 Член 14\nПредлог на Устав може да поднесе Владата на Народна Република Македонија или група од најмалку 10 посланици. Предлозите на Уставот мора да бидат поднесени до Уставотворниот одбор најдоцна во срок од 10 дена после неговиот избор.\n0.0.18.15 Член 15\nЗаседанијата на Уставотворното собрание се способни за работа ако се на заседанието присатни повеке од половина од избраните пратеници, а за конечно изгласуење на Уставот во целина потребно е присатството на најмалку две третини од пратениците. За полноважен заклучок потребно е мнозинство на гласовите на присатните пратеници, а за изгласуење на Уставот во целина векјината на гласовите на сите избрани пратеници. Гласањето за предлогот на Уставот во начело и во поединости се врши со кревање на рака.\n0.0.18.16 Член 16\nПрогласуење и објавуење на Уставот се врши на македонски јазик со потпис на претседателот и секретарот на Уставотворното собрание.\n0.0.18.17 Член 17\nЗаседанието на Уставотворното собрание може да се прекине само со одлука на мнозинството од пратениците.\n0.0.18.18 Член 18\nПратениците на Уставотворното собрание од моментот кога им се издадени од страна на изборната комисија уверења да се избрани, не можат да бидат затворани, ниту против нив може да се покренуе судска постапка без одобруење на Уставотворното собрание освен ако се на дело затечени на местото на злосторството за кое веднага мора да се извести Уставотворното собрание.\n0.0.18.19 Член 19\nКога ке биде Уставот изгласен и прогласен, Уставотворното собрание се претворуе во редовно народно собрание и работи на основа на Уставот се до кога не биде распуштено и распишани избори за ново Народно собрание.\n0.0.18.20 Член 20\nОвој Закон стапуе на снага со објавуењето во &bdquo;Службен весник на Народна Република Македонија&ldquo;. Број 557. 27 јули 1946 година. Президиум на Народното собраниена Народна Република Македонија Секретар, Претседател, Наум Наумовски, с.р. Богоја Фотев, с.р.\n0.1 НАПОМЕНА\nВикиизвор не презема одговорност за евентуалните грешки во текстовите. Авторите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.", "subject": ["Законска регулатива на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BA%D1%82%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE%2C_%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%B8_%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B5%D1%80_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 8825, "cyrillic": 0.993}
{"id": "2989", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Рим", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Од Павле, слуга на Исус Христос. Бог ме повика да бидам апостол и да се посветам на проповедање на Радосната вест.\n<sup>2</sup>Неа Бог уште одамна ја вети, како што имаат запишано во Светото писмо Неговите пророци.\n<sup>3</sup>Радосната вест зборува за Неговиот Син. Тој според Својата човечка природа му беше наследник на Давид.\n<sup>4</sup>Што се однесува до Неговата божествена светост, Тој со голема сила покажа дека е Божји Син, со тоа што воскресна од мртвите. Тоа е Исус Христос, нашиот Господ.\n<sup>5</sup>Преку Него и во Негово име Бог ни ја даде таа привилегија да бидеме Негови апостоли и да ги повикуваме луѓето од сите народи кон покорност што доаѓа од вера.\n<sup>6</sup>Меѓу оние што се повикани да Му припаѓаат на Исус Христос сте и вие.\n<sup>7</sup>До сите вас во Рим, до сите што Бог ги сака и што се повикани да бидат Негов народ.\nВи посакувам нашиот Татко, Бог и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n1 Молитва за благодарност.\n<sup>8</sup>Најнапред сакам да Му заблагодарам на мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се раскажува по целиот свет.\n<sup>9</sup>Бог, Оној на Кого јас Му служам со сето свое срце во проповедањето на Радосната вест за Неговиот Син, ми е сведок дека во моите молитви постојано си спомнувам за вас.\n<sup>10</sup>Секогаш во моите молитви барам, ако е според Божја волја, патот да ме наведе да дојдам кај вас.\n<sup>11</sup>Копнеам да ве видам, за да можам да споделам со вас некој духовен дар, па да зацврснете,\n<sup>12</sup>да се охрабриме еден со друг, преку верата што е и ваша и моја.\n<sup>13</sup>Сакам да знаете драги пријатели дека често пати посакував да дојдам кај вас, за и меѓу вас да има плодови од мојата работа, како што има меѓу останатите народи. Но сѐ до сега бев спречен.\n<sup>14</sup>Се чувствувам должен и кон цивилизираните народи и кон останатите, кон мудрите и кон неразумните,\n<sup>15</sup>па, колку што тоа зависи од мене, желен сум да дојдам кај вас во Рим и да проповедам.\n2 Силата на Радосната вест.\n<sup>16</sup>Не, јас не се срамам од Радосната вест. Таа е силата со која Бог ќе го спаси секој што верува, прво Евреите, а потоа и останатите народи.\n<sup>17</sup>Преку неа е откриено како Бог ќе се измири со сите што се верни, но само со верните. Токму тоа и го пишува во Светото Писмо: <А праведниот преку вера ќе живее.\"\n3 Вината на човештвото.\n<sup>18</sup>Бог јасно покажа дека се гневи од небото против сите безбожни и неправедни луѓе, што со својата неправичност ја замаглуваат вистината.\n<sup>19</sup>Она што може да се знае за Бог тие го знаат, зашто Бог тоа јасно им го покажа.\n<sup>20</sup>Она што е кај Бог невидливо, Неговата вечна моќ и божествена природа, може јасно да се согледа преку создавањето на светот и да се разбере преку сѐ што е создадено. Затоа за безбожните нема оправдување.\n<sup>21</sup>Тие, иако знаат за Бог, ниту Го почитуваат, ниту Му се благодарни. Напротив, потонаа во празни мудрувања, а нивните неразумни умови се помрачија.\n<sup>22</sup>Иако тврдат дека се мудри, испаднаа глупави.\n<sup>23</sup>Наместо да Го слават бесмртниот Бог, тие слават ликови на смртни луѓе, птици, четвороножни животни и влекачи.\n<sup>24</sup>Затоа Бог ги препушти на страстите на нивните срца, на нечистотија, самите меѓу себе да си ги понижуваат телата.\n<sup>25</sup>Ја заменија вистината за Бог со лага, па му служат и му се поклонуваат на создаденото, а не на Оној што го создал, Кој е благословен за вечни времиња. Амин.\n<sup>26</sup>Затоа Бог ги препушти на нивните ниски страсти. Дури и нивните жени веќе не сакаат да водат љубов на природен начин, туку прават едни со други работи што се спротивни на нивната природа.\n<sup>27</sup>Истото се случува и со мажите. Напуштајќи ја природната склоност кон жените, ги распалија страстите еден кон друг, мажи со мажи правеа срамни нешта и добија заслужена казна за нивната расипаност.\n<sup>28</sup>Како што тие одбија да го прифатат Бог во своите умови, така Тој ги предаде на изопачени умови, да прават недолични работи.\n<sup>29</sup>Се исполнија со секаков вид неправичност, лошотија, алчност и злоба. Се исполнија со завист, убиства, раздор, измама и расипаност. Тие зборуваат лошо еден за друг,\n<sup>30</sup>клеветат, Го мразат Бог, дрски се и безобразни, фалбаџии, само измислуваат нови начини да направат некое зло. Непослушни се кон родителите,\n<sup>31</sup>несовесни, што ќе ветат не исполнуваат, бездушни се и безмилосни.\n<sup>32</sup>Иако го знаат Божјиот праведен Закон, според кој сите што така постапуваат заслужуваат смрт, не само што си тераат по свое, туку ги поттикнуваат и другите да прават така.\n= Глава 2 =\n4 Божјиот суд.\n<sup>1</sup>Некои од вас секого што ќе стигнат го осудуваат дека не постапува како што треба. Нема оправдување за таквото однесување. Кога ги осудувате луѓето, а потоа и вие истото го правите, самите себе се осудувате.\n<sup>2</sup>Ние знаеме дека Бог е во право кога суди против оние што вака се однесуваат.\n<sup>3</sup>Дали мислиш дека осудувајќи ги другите ќе ја избегнеш Божјата пресуда, иако и ти истото го правиш,\n<sup>4</sup>или ја презираш Божјата огромна благонаклоност, толерантност и стрпливост, не сфаќајќи дека Бог е благонаклонет кон тебе за да те доведе до покајување?\n<sup>5</sup>Но, заради твојата тврдоглавост, заради тоа што во тебе каење нема, ти уште пожестоко ќе бидеш казнет на денот кога Бог ќе покаже колку е гневен и кога праведно ќе им суди на сите луѓе,\n<sup>6</sup>кога <Бог секого ќе го награди зависно од тоа како постапувал.\"\n<sup>7</sup>Од една страна на оние што се однесуваат добро, стрпливо надевајќи се на слава, чест и бесмртност, Бог ќе им даде вечен живот,\n<sup>8</sup>но за оние што се себични, што ја отфрлаат вистината и го следат злото, ќе има гнев и лутина.\n<sup>9</sup>Маки и страдања ќе има за сите што прават зло, прво за Евреите, но и за останатите народи,\n<sup>10</sup>а слава, чест и мир за секој што прави добро, прво за Евреите, а потоа и за останатите народи.\n<sup>11</sup>Кај Бог нема пристрасност.\n<sup>12</sup>Оние што грешат не познавајќи го Законот, ќе бидат казнети затоа што прават зло. Оние, пак, што го знаат Законот, а сепак грешат, ќе бидат судени според Законот.\n<sup>13</sup>Не се праведни пред Бог оние што имале можност да го слушнат Законот, туку оние што постапуваат според него.\n<sup>14</sup>Има луѓе што не го знаат Законот, но сепак природно се придржуваат кон заповедите што произлегуваат од него. Тие не го знаат Законот, а природно им е да се придржуваат до неговите заповеди.\n<sup>15</sup>Тоа е доказ дека она што Законот го бара е запишано во нивните срца. За нив мерило за однесувањето е и нивната совест, нивните мисли што понекогаш ги обвинуваат, а понекогаш ги бранат.\n<sup>16</sup>Тоа ќе се види во денот кога Бог, преку Исус Христос, ќе го суди она што е сокриено во луѓето, како што и кажува Радосната вест што јас ја пренесувам.\n5 Евреите и Законот.\n<sup>17</sup>Ако ти се нарекуваш Евреин и се потпираш на Законот, фалејќи се со посебната поврзаност на твојот народ со Бог,\n<sup>18</sup>ако знаеш што на Бог Му е по волја и го одобруваш она што е најдобро, затоа што си учел од Законот,\n<sup>19</sup>веруваш дека можеш да им бидеш водач на слепите, светло на оние што живеат во мрак,\n<sup>20</sup>ако поучуваш неразумни и млади, имајќи во Законот пример за знаење и вистина,\n<sup>21</sup>може ли, учејќи ги останатите, самиот себе да не се поучиш!? Ти што велиш дека не треба да се краде, дали и самиот не крадеш!?\n<sup>22</sup>Ти што велиш дека не треба да се прават прељуби, дали и самиот не правиш прељуби!? Ти што се гнасиш од идоли, дали и самиот не ограбуваш храмови!?\n<sup>23</sup>Ти што се фалиш со Законот, а сепак го прекршуваш со тоа Му нанесуваш срам на Бог.\n<sup>24</sup>Токму така и стои запишано во Светото писмо: <Зашто поради вас незнабошците зборуваат навредливо за Божјото име.\"\n<sup>25</sup>Од обрежувањето има полза само ако се придружуваш кон Законот. Ако го прекршуваш, исто е како и да не си обрежан.\n<sup>26</sup>Затоа, ако необрежан човек се придржува кон Законот, зарем нема да се смета за еднакво добар со обрежаните.\n<sup>27</sup>Оние што телесно не се обрежани, а сепак го спроведуваат Законот, ќе ве осудат вас што, иако го имате Законот напишан и сте обрежани, сепак го прекршувате.\n<sup>28</sup>Човек не станува Евреин со тоа што ќе почне да се облекува и да се однесува како Евреите, не станува Евреин со тоа што телесно ќе се обреже.\n<sup>29</sup>Вистински Евреин е оној што е Евреин длабоко во себе. Обрежувањето е вистинско ако е направено врз срцето. Тоа е дело на Светиот Дух, а не на пишаниот Закон. Тогаш славата доаѓа од Бог, а не од луѓето.\n= Глава 3 =<sup>1</sup>Значи предност ли е да се биде Евреин? Има ли некаква корист од обрежувањето?\n<sup>2</sup>Голема предност е во секој поглед! Прво, Светото писмо им е ним доверено.\n<sup>3</sup>Што ако некои од нив не поверуваа? Дали тоа значи дека и на Бог не може да Му се верува?\n<sup>4</sup>Секако не! Дури и сите луѓе да испаднат лажговци, на Бог може да Му се верува, како што стои запишано:\n<Ќе се покаже дека е вистина она што го зборуваш\nи ќе извојуваш победа кога ќе бидеш суден.\"\n<sup>5</sup>Но ако нашата неправедност ја изнесува на виделина Божјата праведност, што тоа значи? Дека Бог неправедно истура гнев врз нас? (Зборувам онака како што луѓето размислуваат.)\n<sup>6</sup>Секако не! Ако беше Бог неправеден, како тогаш би можел да му суди на светот!?\n<sup>7</sup>Некој може ќе рече: <Ако преку мојата лага, уште повеќе доаѓа до израз Божјата вистина и Неговата слава се возвеличува, зошто тогаш Бог ме смета грешник?\"\n<sup>8</sup>Има луѓе што лажно нѐ обвинуваат и тврдат дека ние велиме: <Да правиме лоши работи, за од тоа да испадне добро!\" Не е така, а тие ќе си ја добијат казната што ја заслужуваат.\n6 Никој не е праведен.\n<sup>9</sup>Што следува од ова? Дали ние Евреите сме подобри од останатите народи? Не, не сме. Ние веќе рековме дека и Евреите и останатите народи ги раководи гревот.\n<sup>10</sup>Како што е напишано во Светото писмо:\n<Нема ниту еден праведен,\n<sup>11</sup>нема ниту еден што разбира,\nнема ниту еден што Го бара Бог.\n<sup>12</sup>Сите скршнаа и станаа отпад.\nНема ниту еден единствен човек,\nшто прави добро.\"\n<sup>13</sup><Грлата нивни - гробови отворени,\nјазиците само за злобни лаги им служат.\"\n<Зад усните отров змијски кријат.\"\n<sup>14</sup><Устите им со клетви и горчина се полни.\"\n<sup>15</sup><Брзи се стапалата нивни да пролеваат крв.\n<sup>16</sup>Кај ќе стапнат - трева не расте.\n<sup>17</sup>Да живеат во мир тие не знаат.\"\n<sup>18</sup><Страв од Бог кај нив нема.\"\n<sup>19</sup>Ние знаеме дека она за што зборува Законот се однесува на сите што се должни да му се покоруваат. Затоа за никого нема изговор и целиот свет е одговорен пред Бог.\n<sup>20</sup>Со спроведување на Законот никој нема да биде оправдан! Напротив, преку Законот само стануваме свесни за нашата грешност.\n7 Како Бог нѐ измирува со Себе.\n<sup>21</sup>Сега гледаме како Бог нѐ измирува со Себе. За тоа зборуваат и Законот и Пророците. Бог не се измирува со нас затоа што ние му се покоруваме на Мојсеевиот Закон,\n<sup>22</sup>туку затоа што веруваме во Исус Христос. Тоа важи за сите што веруваат. Нема никаква разлика,\n<sup>23</sup>зашто сите згрешија и сите се лишени од Божјата слава.\n<sup>24</sup>Оправдувањето е подарок. Тоа доаѓа затоа што Бог е благонаклонет кон нас. Бог се измирува со нас преку откупот што го плати Исус Христос.\n<sup>25</sup>Него Бог Го испрати да биде жртва за нас. Исус ја пролеа Својата крв, за оние што веруваат во Него да можат да се измират со Бог. Бог ова го направи за да не се доведе во прашање Неговата праведност, а сепак нашите претходно направени гревови да не се земат во обзир.\n<sup>26</sup>Тој долго време имаше трпение со нас, за во ова наше денешно време да покаже дека е правичен. Така Неговата правичност не е доведена во прашање, а оние што веруваат во Исус се оправдани.\n<sup>27</sup>Има ли тука место за фалење? Се разбира не. Кој е начинот, преку покорување на Законот ли? Не, туку преку вера.\n<sup>28</sup>Ние сметаме дека човек се измирува со Бог затоа што верува, а не затоа што се придржува до Законот.\n<sup>29</sup>Дали Бог им припаѓа само на Евреите? Зарем тој не им е Бог и на останатите народи? Се разбира дека е!\n<sup>30</sup>Има е само еден Бог и Тој ги прифаќа и обрежаните и необрежаните, едноставно затоа што веруваат.\n<sup>31</sup>Значи ли тоа дека ние го поништуваме Законот преку верата? Никако! Ние само го потврдуваме.\n= Глава 4 =\n8 Примерот на Авраам.\n<sup>1</sup>Што по ова прашање можеме да научиме од нашиот прататко Авраам?\n<sup>2</sup>Ако Авраам бил оправдан заради неговите постапки, тој имал причина да се фали. Но тој сигурно не би можел да му се фали на Бог.\n<sup>3</sup>Светото Писмо вели: <Авраам поверува и Бог го прифати како праведен.\"\n<sup>4</sup>Кога некој работи, наградата што му се дава не претставува подарок, туку обврска.\n<sup>5</sup>Од друга страна, оној што се потпира на својата вера, а не на исправноста на своите постапки, што верува во Оној што ги оправдува грешниците, токму заради таа негова вера Бог го измирува со Себе.\n<sup>6</sup>Давид зборува за истото нешто кога вели дека е благословен оној човек кого Бог го смета за праведен, без оглед на неговите постапки:\n<sup>7</sup><Благословени се оние чии престапи се простени,\nчии гревовите се покриени.\n<sup>8</sup>Благословен е оној човек\nчиј грев Бог никогаш нема да го земе во обзир.\"\n<sup>9</sup>Дали овој благослов важи само за обрежаните, или важи и за необрежаните? Велиме Бог го прифати Авраам, затоа што Авраам имаше вера во Него.\n<sup>10</sup>Кога го прифати? Дали тоа беше пред Авраам да се обреже, или после? Тоа се случи пред Авраам да биде обрежан.\n<sup>11</sup>Тој се обрежа, за со тој чин да покаже дека Бог го прифати заради неговата вера што ја имаше додека сѐ уште не беше обрежан. Така тој им стана татко на сите што се верни и Бог ги прифаќа како праведни, иако не се обрежани.\n<sup>12</sup>Истовремено им стана татко на сите што се обрежани, но не се само обрежани, туку и го следат примерот на нашиот татко Авраам, и веруваат исто како што тој веруваше додека сѐ уште не беше обрежан.\n9 Божјото верување е примено преку вера.\n<sup>13</sup>Бог им вети на Авраам и на неговите потомци дека тие ќе го наследат светот. Ова ветување не им беше дадено затоа што Авраам му се покоруваше на Законот, туку заради неговата вера, заради што Бог и го прифати како праведен.\n<sup>14</sup>Ако вистински наследници се оние што му се покоруваат на Законот, верата нема никаква вредност и Божјото ветување веќе не важи.\n<sup>15</sup>Кога се крши Законот Бог се гневи. Каде што нема Закон, нема ни прекршување на Законот.\n<sup>16</sup>Ветувањето е засновано на вера, за да биде применливо на сите на кои Бог им е благонаклонет и да го опфати сето потомство на Авраам. Тоа важи не само за оние што живеат според Законот, туку и за оние што му се потомци, затоа што ја имаат истата вера што ја имаше и тој. Авраам е прататко на сите нас.\n<sup>17</sup>Во Светото Писмо стои запишано: <Те направив татко на многу народи.\" Авраам веруваше во Него и затоа Бог му го даде ова ветување, Бог, Оној што мртви оживува, она што не постои ќе го викне и тоа станува стварност.\n<sup>18</sup>Авраам, иако изгледаше дека е тоа невозможно, поверува дека тој ќе стане татко на многу народи, заради тоа што му беше кажано: <Толкав ќе биде бројот на твоите потомци.\"\n<sup>19</sup>Не му ослабна верата. Знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и Сара веќе не можеше да раѓа.\n<sup>20</sup>Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Верата му даде сила и тој му оддаде слава на Бог.\n<sup>21</sup>Беше целосно убеден дека Бог е способен да го направи она што го вети.\n<sup>22</sup>Кога пишува: <И беше прифатен како праведен.\"\n<sup>23</sup>не се мисли само на Авраам,\n<sup>24</sup>туку и на нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус,\n<sup>25</sup>Кој беше предаден на смртта заради нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.\n= Глава 5 =\n10 Измирени со Бог.\n<sup>1</sup>Сега, преку вера, станавме прифатливи за Бог, па заради нашиот Господ Исус Христос, живееме во мир со Бог.\n<sup>2</sup>Преку Исус почувствувавме колку е Бог благонаклонет кон нас. Таквата благонаклоност не сме ја заслужиле, туку сме ја добиле преку вера. Затоа се гордееме и со нетрпение очекуваме да нѐ огрее и нас Божјата слава.\n<sup>3</sup>Не тоа не е сѐ. Ние се гордееме кога страдаме, затоа што знаеме дека страдањето создава стрпливост,\n<sup>4</sup>стрпливоста го гради карактерот, а тој ни дава надеж\n<sup>5</sup>што никогаш нема да нѐ разочара. Бог, преку Светиот Дух што ни го даде, ги исполни нашите срца со Неговата љубов.\n<sup>6</sup>Уште додека бевме беспомошни и грешни, кога дојде определеното време, Христос умре за нас.\n<sup>7</sup>Тешко некој би посакал да умре за чесен човек. За добар човек можеби некој и би се решил да умре,\n<sup>8</sup>но Бог ни покажа колку многу нѐ сака уште додека бевме грешници. Тогаш Христос умре за нас.\n<sup>9</sup>Сега, откако сме оправдани затоа што Христос пролеа крв за нас, сосема сме сигурни дека преку Исус ќе бидеме поштедени од Божјиот гнев.\n<sup>10</sup>Ако додека сѐ уште бевме непријатели, се помиривме преку смртта на Неговиот син, колку повеќе сега, кога сме веќе помирени, ќе бидеме спасени затоа што Исус е жив.\n<sup>11</sup>Тоа не е сѐ. Ние се гордееме заради она што Бог го направи преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого се помиривме со Бог.\n11 Адам и Христос.\n<sup>12</sup>Гревот навлезе во овој свет преку еден човек, а со него дојде и смртта. Сите луѓе згрешија, па затоа секој мора да умре.\n<sup>13</sup>Гревот постоеше во овој свет и пред Законот, но кога нема Закон гревот не се зема во обзир.\n<sup>14</sup>И покрај тоа и тие што живееја пред Мојсеј, уште од времето на Адам, не ја одбегнаа смртта. Не ја одбегнаа ни оние што не згрешија на истиот начин на кој згреши Адам. Адам беше слика на Оној што требаше да дојде.\n<sup>15</sup>Но дарот не е како престапот. Ако заради престапот на еден човек, многумина умреа, колку повеќе Божјата благонаклоност и дарот што го добивме заради љубовта што еден човек, Исус Христос, ја покажа кон нас, ќе се излее врз многумина.\n<sup>16</sup>Божјиот дар не е како гревот на еден човек. Пресудата што се изрекува за еден престап е: <Виновен!\", а Бог, и покрај тоа што ние многу пати сме грешеле, ни подари оправдување.\n<sup>17</sup>Смртта завладеа преку престапот на само еден човек, но тоа не може да се спореди со она што го направи Исус Христос. Затоа оние што ја примиле Божјата изобилна благонаклоност и дарот на праведност ќе владеат со своите животи.\n<sup>18</sup>Значи, како што еден престап доведе до осуда на сите луѓе, така преку една праведна постапка дојде до оправдување што им носи живот на сите луѓе.\n<sup>19</sup>Како што преку непокорноста на еден човек многумина станаа грешници, така преку покорноста на еден Човек многумина ќе станат праведни.\n<sup>20</sup>Законот беше даден за да се види колку е гревот моќен. Но и покрај тоа што гревот многу нарасна, Божјата благонаклоност испадна посилна.\n<sup>21</sup>Гревот владееше служејќи се со смртта. Но сега владее Божјата благонаклоност. Бог нѐ прифати заради нашиот Господ, Исус Христос и затоа ние ќе добиеме вечен живот.\n= Глава 6 =\n12 Мртви за гревот, но живи за заедништво со Христос.\n<sup>1</sup>Што да кажеме на ова? Треба ли да продолжиме да грешиме, за Бог да стане уште поблагонаклонет кон нас?\n<sup>2</sup>Никако! За гревот ние сме веќе мртви. Како може тогаш да продолжиме да живееме во грев.\n<sup>3</sup>Зарем не знаете дека сите што се крстени во името на Исус Христос, на тој начин зеле учество во Неговата смрт?\n<sup>4</sup>Кога бевме крстени ние умревме и бевме погребани со Исус. Тоа го сторивме за, како што Христос воскресна од мртвите со помош на величествената сила на Таткото, така и ние да зачекориме во еден нов живот.\n<sup>5</sup>Ако на ваков начин Му се придруживме во Неговата смрт, ќе Му се придружиме и во Неговото воскреснување.\n<sup>6</sup>Сега знаеме дека нашата стара природа беше закована на крстот заедно со Исус, за да му се одземе силата на грешното тело. Затоа ние веќе не треба да му бидеме робови на гревот.\n<sup>7</sup>Гревот не може да владее со луѓе што се мртви.\n<sup>8</sup>Ние умревме со Христос, па затоа веруваме дека со Него и ќе живееме.\n<sup>9</sup>Знаеме дека откако Христос беше воскреснат од мртвите, нема повторно да умре. Смртта над Него веќе нема моќ.\n<sup>10</sup>Тој за гревот е веќе мртов, еднаш засекогаш. Животот што сега го живее е за Бог.\n<sup>11</sup>Така и вие треба да сметате дека сте мртви за гревот, а заедно со Исус Христос, живи за Бог.\n<sup>12</sup>Не му дозволувајте на гревот да владее со вашите тела. Тие се смртни, па затоа немојте да им се покорувате на нивните страсти.\n<sup>13</sup>Не дозволувајте деловите од вашето тело да бидат орудија на неправедноста и да прават грев. Предајте му се на Бог како луѓе оживеани од мртвите. Нека секој дел од вашето тело стане орудие на праведноста и нека Му служи на Бог.\n<sup>14</sup>Не му дозволувајте на гревот да владее со вас, затоа што вас веќе не ве раководи Законот, туку тоа што Бог ви е благонаклонет.\n13 Робови на праведноста.\n<sup>15</sup>Што тоа значи? Смееме ли ние да грешиме, заради тоа што не се раководиме според Законот, туку според Божјата благонаклоност? Никако!\n<sup>16</sup>Зарем не знаете дека на оној на кого ќе му се понудите да му се покорувате и да му робувате, негови робови и ќе станете? Можете да му робувате на гревот, а тоа води во смрт, или да Му бидете послушни на Бог и да се измирите со Него.\n<sup>17</sup>Вие му бевте робови на гревот. Благодарен сум Му на Бог што од сѐ срце поверувавте во ова учење што го прифативте.\n<sup>18</sup>Сега кога сте веќе ослободени од гревот, вие ѝ станавте робови на праведноста.\n<sup>19</sup>Јас ви давам едноставни примери, затоа што вие сѐ уште сте слаби. Вие порано ги предававте деловите на вашите тела да ѝ бидат робови на нечистотијата, на беззаконието што не знае за граници. Сега предајте се целосно и станете ѝ робови на праведноста, за да станете свети.\n<sup>20</sup>Кога му бевте робови на гревот, вие не водевте сметка за праведноста.\n<sup>21</sup>Што добивте правејќи нешта од кои сега се срамите? Тие водат право во смрт!\n<sup>22</sup>Сега сте ослободени од гревот и Му станавте робови на Бог. Тоа ќе ве направи свети и ќе ви даде вечен живот.\n<sup>23</sup>Плата за гревот е смрт! Вечниот живот е незаслужен дар од Бог, даден преку Исус Христос, нашиот Господ.\n= Глава 7 =\n14 Илустрација од бракот.\n<sup>1</sup>Драги мои, знам дека го знаете Законот и знаете дека тој има моќ над луѓето само додека се живи.\n<sup>2</sup>Мажена жена е врзана со закон со својот сопруг, но ако тој умре, таа веќе е ослободена од таа законска обврска.\n<sup>3</sup>Ако таа заживее со друг маж додека нејзиниот сопруг е сѐ уште жив, таа ќе биде наречена прељубница, но ако сопругот умре, таа е ослободена од законската обврска и ако се омажи со друг човек нема да биде прељубница.\n<sup>4</sup>Така е и со вас, драги мои. За Законот вие сте мртви, затоа што сте дел од Христовото тело. Сега слободно можете да бидете со Исус, со Оној што беше воскреснат од мртвите, за да Му бидете од корист на Бог.\n<sup>5</sup>Додека живеевме раководени само од нашите тела, грешните страсти, поттикнати од Законот, работеа во деловите на нашите тела и нѐ водеа право во смрт.\n<sup>6</sup>Сега сме ослободени од Законот, мртви за она што нѐ држеше заробени. Можеме да Му служиме на Бог на нов начин, со тоа што ќе Му се покоруваме на Неговиот Дух, а не на стариот начин, со тоа што ќе му се покоруваме на пишаниот Закон.\n15 Законот и гревот.\n<sup>7</sup>Што тоа значи? Дали Законот е грешен? Никако! Но јас не знаев каков е гревот. За него дознав преку Законот. Не знаев што е тоа алчност пред Законот да каже: <Не посакувај туѓо!\"\n<sup>8</sup>Гревот, ја искористи приликата, па преку таа заповед поттикна во мене најразлични грешни страсти. Без Законот гревот е мртов.\n<sup>9</sup>Пред да го знам Законот јас бев жив. Но кога ја слушнав таа заповед, гревот оживеа\n<sup>10</sup>и јас умрев. Така открив дека заповедта чија намера е да ми даде живот всушност води во смрт.\n<sup>11</sup>Гревот ја искористи таа заповед да ме измами и да ме убие.\n<sup>12</sup>Законот си е свет. Таа заповед е света, исправна и добра.\n<sup>13</sup>Дали ова значи дека мојата смрт ја предизвика она што е во суштина добро? Никако! Гревот е тој што ме уби, искористувајќи ја заповедта. Но истовремено преку таа заповед, се покажа дека гревот е нешто лошо и грозно.\n16 Судирот што постои во секој човек.\n<sup>14</sup>Знаеме дека Законот е духовен, а јас сум човек од крв и месо, продаден на гревот.\n<sup>15</sup>Јас не го разбирам она што го правам. Не го правам она што го сакам, туку она што го мразам.\n<sup>16</sup>Со самото тоа што не сакам да го правам она што го правам, јас се согласувам со Законот и потврдувам дека тој е добар.\n<sup>17</sup>Значи, не сум јас оној што тоа го прави, туку гревот што живее во мене.\n<sup>18</sup>Јас знам дека во мене, во моето тело, нема ништо добро. Имам желба да правам добро, но не успевам во тоа.\n<sup>19</sup>Не го правам она што е добро, како што би сакал, туку она што е зло, иако не го сакам.\n<sup>20</sup>Но ако не го сакам она што го правам, не сум веќе јас тој што тоа го прави, туку гревот што живее во мене.\n<sup>21</sup>Сфатив дека по правило вака испаѓа, кога сакам да правам добро, ете ти го злото до мене.\n<sup>22</sup>Јас, длабоко во себе му се восхитувам на Божјиот Закон,\n<sup>23</sup>но во целото мое тело гледам еден друг закон што војува против мојот ум и ме држи заробен од гревот, кој е тука, во моето тело.\n<sup>24</sup>Кутар човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело што ме води во смрт!?\n<sup>25</sup>Но, благодарен сум Му на Бог, што го стори тоа преку Исус Христос, Нашиот Господ. Така, од една страна, со мојот ум Му служам на Божјиот Закон, а од друга страна, со моето тело му робувам на гревот.\n= Глава 8 =\n17 Живот во Светиот Дух.\n<sup>1</sup>Заради тоа оние што се на страната на Исус Христос нема да бидат осудени,\n<sup>2</sup>затоа што преку Исус Христос законот на Духот што дава живот ве ослободи од законот на гревот, што води во смрт.\n<sup>3</sup>Она што беше невозможно за Законот, затоа што луѓето се слаби, тоа Бог го стори испраќајќи го Својот Сопствен Син во тело слично на грешните човечки тела, за да се справи со гревот. Така Тој го осуди гревот кај луѓето.\n<sup>4</sup>Така она што Законот со право го бара може да биде исполнето во нас што не се раководиме според телото, туку според духот.\n<sup>5</sup>Оние што се раководат според телото, размислуваат за телесни нешта, а оние што се раководат според духот, размислуваат за духовни нешта.\n<sup>6</sup>Кога во еден ум царува телесното - тоа води во смрт. Кога со умот владее духовното - тоа донесува живот и мир.\n<sup>7</sup>Умот што се раководи од телесното е непријателски настроен кон Бог. Тој не му се покорува на Божјиот Закон. Не може да му се покори.\n<sup>8</sup>Оние што се раководат според телото не можат да Му угодат на Бог.\n<sup>9</sup>Но во вас не владее телесното, туку духовното, затоа што во вас живее Божјиот Дух. Ако некој од вас Го нема во себе духот на Христос, тој не Му припаѓа на Христос.\n<sup>10</sup>Христос живее во вас. Вие сте живи затоа што Бог ве прифати, иако вашите тела мора да умрат заради вашите гревови.\n<sup>11</sup>Бог Го воскресна Исус! Неговиот Дух сега живее во вас, па со Негова помош и вас ќе ве воскресне.\n<sup>12</sup>Драги мои, ние не сме му должници на телесното, па да живееме само за задоволување на телесните потреби.\n<sup>13</sup>Ако живеете раководени од телесното вие сте осудени на смрт. Но ако со помош на Божјиот Дух, ги совладате навиките на телесното, ќе останете живи.\n<sup>14</sup>Само тие што се водени од Божјиот Дух се Негови деца.\n<sup>15</sup>Божјиот Дух не сака да нѐ направи робови што ќе се плашат од Него. Напротив, ние сме сега Негови деца и заради тоа Го викаме <Абба\", што значи Татко.\n<sup>16</sup>Божјиот Дух Лично, заедно со нашиот дух, ни сведочи дека сме ние Божји деца.\n<sup>17</sup>Ако сме деца, ние сме и наследници. Од една страна ние сме Божји наследници, од друга страна сонаследници со Христос. Ако ние сме страдале заедно со Него, заедно со Него ќе добиеме и слава.\n18 Идната слава.\n<sup>18</sup>Јас мислам дека страдањата низ кои во денешно време минуваме не можат ни да се споредат со славата што доаѓа и што ќе ни биде откриена.\n<sup>19</sup>Сѐ што е создадено со нетрпение чека да види кои ќе бидат Божјите деца.\n<sup>20</sup>Сѐ што е создадно ѝ беше потчинето на суетата, не по своја волја, туку по волјата на оној што ги потчини. Затоа живеат во надеж\n<sup>21</sup>дека и тие ќе биде ослободени од стегите на смртта и ќе ја добијат слободата што произлегува од привилегијата да се биде Божјо дете.\n<sup>22</sup>Знаеме дека сѐ до сега целиот свет стенка и се грчи од болка, како жена што се породува.\n<sup>23</sup>Не само светот, стенкаме и ние што ги уживаме првите плодови на Светиот Дух. И ние во себе стенкаме, желно очекувајќи Бог да нѐ направи негови деца и да ги ослободи нашите тела.\n<sup>24</sup>Таа надеж е она што нѐ одржува. Надежта, ако е веќе доживеана, не е надеж. Зошто некој би се надевал и би очекувал нешто што веќе го има?!\n<sup>25</sup>Ако се надеваме на она што сѐ уште го немаме, стрпливо и желно ќе го очекуваме.\n<sup>26</sup>На истиот начин и Светиот Дух ни се придружува и ни помага во нашата слабост. Ние не знаеме како би требало да се молиме. Светиот Дух се застапува за нас со неописива жестина.\n<sup>27</sup>Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што мисли Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за оние што според Божја волја се посветени.\n<sup>28</sup>Знаеме дека на оние што Го сакаат Бог и што се повикани да Му служат сѐ им оди на добро.\n<sup>29</sup>Оние што Тој ги одбрал, ги предодредил да бидат слични на Неговиот Син, за Исус да биде Првороден што има многу браќа и сестри.\n<sup>30</sup>Бог ги повикал оние што ги предодредил. Нив ги измирил со Себе и им дал удел во Неговата слава.\n19 Божјата љубов во Исус Христос.\n<sup>31</sup>Што на ова да кажеме? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас! Оној што\n<sup>32</sup>Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде заради сите нас, зарем нема заедно со Него да ни подари и сѐ друго?\n<sup>33</sup>Кој смее да подигне обвинение против оние што се од Бог одбрани, оние што Бог ги очисти?!\n<sup>34</sup>Кој смее да осудува? За нас се застапува Исус Христос. Тој умре и беше воскреснат, а сега е до Бог, од Неговата десна страна.\n<sup>35</sup>Кој може да нѐ одвои од љубовта на Христос? Можат ли тешкотиите, маките, прогоните, гладта, студот или заканите со смрт?\n<sup>36</sup>Како што е напишано во Светото писмо: <Заради Тебе секојдневно се соочуваме со смртта. Со нас постапуваат како со овци одредени за клање.\"\n<sup>37</sup>Не, во сѐ ова ние сме повеќе од победници преку Оној што нѐ сака,\n<sup>38</sup>затоа што јас сум убеден дека ни животот ни смртта, ни ангелите, ни владетелите, ни она што е, ни она што ќе дојде, ни силите\n<sup>39</sup>над нас ни силите под нас, ниту било што на овој свет не може да нѐ одвои од Божјата љубов искажана преку Исус Христос, нашиот Господ.\n= Глава 9 =\n20 Бог и неговиот народ.\n<sup>1</sup>Јас ја кажувам вистината. Му припаѓам на Христос и не лажам. Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам\n<sup>2</sup>кога ви кажувам колку е голема мојата тага, каква непрестана болка има во моето срце,\n<sup>3</sup>за мојот народ, за оние што се моја крв и месо. Заради нив јас се молев да бидам проколнат, издвоен од Христос.\n<sup>4</sup>Тие се наследници на Израел, Божји одбран народ. Ним Бог им ја покажа Неговата слава и со нив склучи завет. Ним им беше даден Законот, ним им беше доверено да служат во храмот, ним им беа дадени ветувањата.\n<sup>5</sup>Од нив потекнуваат партијарсите, од нив потекнува Христос по тело. Бог, Оној што владее над сѐ нека биде благословен за вечност. Амин.\n<sup>6</sup>Не се работи за тоа дека Божјиот збор не се исполни. Не сите Израелци се Божји народ.\n<sup>7</sup>Не сите потомци на Авраам се негови вистински наследници, туку: <Оние што се преку Исак ќе се сметаат за твои наследници.\"\n<sup>8</sup>Со други зборови, не се Божји деца оние што се родени на вообичаениот начин. Вистинските потомци се децата што беа родени онака како што вети Бог.\n<sup>9</sup>Вака гласи ветувањето: <Точно во определеното време јас ќе дојдам и Сара ќе добие син.\"\n<sup>10</sup>Ова не е сѐ. Слично нешто се случи и со Ревека. Таа зачна близнаци од еден ист човек, од нашиот предок Исак.\n<sup>11</sup>Но, за изборот на наследникот да биде целосно резултат на Божјата намера, уште пред тие да се родат и да сторат било добро или зло,\n<sup>12</sup>Бог ѝ рече на Ревека: <Поголемиот син ќе му служи на помалиот.\" Изборот не беше резултат на нивните заслуги, туку зависеше само од Оној што одбираше, од Бог.\n<sup>13</sup>Токму затоа Светото писмо вели: <Јаков го сакав, а Есав го мразев.\"\n<sup>14</sup>Значи ли ова дека Бог е неправеден. Се разбира, не!\n<sup>15</sup>На Мојсеј му рече:\n<Кон кого сакам, кон тој ќе имам милост, со кого сакам, со тој ќе сочувствувам.\"\n<sup>16</sup>Сѐ зависи од Божјата милост, а не од желбите и напорите на луѓето.\n<sup>17</sup>Вака вели Светото Писмо за фараонот: <Токму заради ова те направив цар, за да се покаже преку тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата земја.\"\n<sup>18</sup>Значи, кон кого сака Бог ќе има милост, а кого сака ќе го направи тврдоглав.\n21 Божјиот гнев и Неговата милосрдност.\n<sup>19</sup>Некој може ќе рече: <Зошто тогаш Бог смета дека грешката е кај нас? Кој може да Му се спротивстави на она што Бог има намера да го стори?\"\n<sup>20</sup>Драги мои! Кои сте вие, па да се препирате со Бог?! Може ли парчето глина да му каже на грнчарот: <Зошто си ме направил вакво?\"\n<sup>21</sup>Зарем грнчарот нема право од иста грутка глина да направи еден сад за почесна и еден сад за секојдневна употреба.\n<sup>22</sup>Токму така и се случи. Бог сакаше да го искаже Неговиот гнев и да ја покаже Неговата сила, но сепак се однесуваше многу стрпливо со оние на кои им беше гневен, оние што ги чекаше уништување.\n<sup>23</sup>Така Тој ја покаже величественоста на Неговата слава и ја излеа врз оние што Му беа драги, оние што ги беше приготвил за слава?\n<sup>24</sup>Во овие вториве сме вброени и ние, а нас нѐ има не само од Евреите, туку и од останатите народи.\n<sup>25</sup>Како што во книгата на Осија се вели:\n<На оние што не се мој народ ќе им речам: >Мој народе!' На оние што не беа сакани ќе им речам: >Драги мои!'\"\n<sup>26</sup>и\n<На истото место каде што им беше речено: >Вие не сте мој народ.' ќе бидат наречени деца на Живиот Бог.\"\n<sup>27</sup>Токму заради ова Исаија вика за Израел:\n<Дури и ако синовите на Израел станат многубројни како морската песок, само мал број од нив ќе се спасат!\n<sup>28</sup>Брзо Господ ќе го исполни тоа што го има кажано за земјата.\"\n<sup>29</sup>Исаија уште од порано има речено:\n<Ако Господ Семоќен не оставеше од нас преживеани, како Содом ќе станевме, како Гомора ќе се запустевме!\"\n22 Израел и Радосната вест.\n<sup>30</sup>Што ова значи? Останатите народи, иако не се трудеа да се измират со Бог, добија можност за измирување и тоа преку вера.\n<sup>31</sup>Израелците се обидуваа да се измират со придржување кон Законот, но не успеаја.\n<sup>32</sup>Зошто? Затоа што не се потпираа на верата, туку на сопствените постапки. Тие се сопнаа од каменот на сопнување,\n<sup>33</sup>токму како што и пишува во Светото писмо:\n<Еве ќе поставам во Сион камен од кој ќе се сопнат, карпа од која ќе паднат, а оние што веруваат во Него, нема да се разочараат.\"\n= Глава 10 =<sup>1</sup>Драги мои, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат.\n<sup>2</sup>Јас знам дека тие искрено Го сакаат Бог, но таа нивна ревносност не е заснована на знаење.\n<sup>3</sup>Тие не го знаат начинот на кој Бог се измирува со луѓето. Сакаат тоа да го сторат онака како што тие сметаат дека е исправно, а не онака како што смета Бог.\n<sup>4</sup>Но со Христос Законот веќе не е неопходен. Сите што веруваат се измируваат со Бог.\n23 Спасението е за сите.\n<sup>5</sup>Мојсеј вели дека човек може да се измири со Бог ако се придржува кон Законот: <Ако сакате да останете живи, придржувајте се до сите заповеди на Законот.\"\n<sup>6</sup>Но луѓето што преку нивната вера се измириле со Бог никогаш не би прашале: <Кој може да се качи на небо и да Го симне Христос?\"\n<sup>7</sup>Тие никогаш не би прашале: <Кој може да се симне во светот на мртвите и да Го оживее Христос!?\"\n<sup>8</sup>Оние што се измирени со Бог преку нивната вера едноставно велат:\n<Пораката е близу до тебе, на твоите усни, во твоето срце.\"\nТочно тоа е учењето за верата што ние го проповедаме.\n<sup>9</sup>Ако ти со својата уста признаваш дека Исус е Господ, ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ти ќе бидеш спасен.\n<sup>10</sup>Ако искрено веруваш и им кажуваш за својата вера на луѓето околу тебе, Бог ќе те прифати и ќе те спаси.\n<sup>11</sup>Вака вели Светото Писмо: <Секој што верува во Него нема да се разочара.\"\n<sup>12</sup>Нема разлика дали човек е Евреин или припадник на некој друг народ. Постои само еден Господ и Тој е дарежлив кон сите што бараат помош од Него.\n<sup>13</sup><Секој што ќе побара помош од Господ ќе биде спасен.\"\n<sup>14</sup>Но како може луѓето да бараат помош од Господ ако не поверувале!? Како да поверуваат, ако не ја слушнале пораката? Како да слушнат, ако никој не им проповеда?\n<sup>15</sup>Како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ? Во Светото писмо пишува:\n<Колку е прекрасно да видиш дека доаѓаат оние што носат Радосна вест.\"\n<sup>16</sup>Но не ѝ поверуваа сите на Радосната вест. Исаија вели: <Господе, има ли некој што верува во тоа што го зборуваме?\"\n<sup>17</sup>Никој не може да поверува ако не ја слушне пораката за Спасителот.\n<sup>18</sup>Но зарем Израелците не слушнаа? Се разбира дека слушнаа:\n<Нивниот глас се расчу до краиштата на земјата, нивните зборови допреа до целиот свет.\"\n<sup>19</sup>Пак ќе речам, зарем на Израелците не им е јасно? Па и Мојсеј им рече:\n<Ќе направам да им станат љубоморни на оние што како народ се никој и ништо, ќе направам да му се лутат на народ што ништо не знае.\"\n<sup>20</sup>Исаија многу отворено кажува:\n<Мене Ме најдоа оние што не Ме бараа, им се појавив на оние што не прашуваа за Мене.\"\n<sup>21</sup>а за Израелците тој вели: <Цел ден рацете ги пружав, кон народ непокорен и своеглав.\"\n= Глава 11 =\n24 Божјата милост за Израел.\n<sup>1</sup>Значи ли тоа дека Бог му сврте грб на Својот народ? Никако! Па и јас сум Израелец, потомок на Авраам, припадник на племето Бенјамин.\n<sup>2</sup>Бог не му сврте грб на Својот одбран народ. Зарем не знаете што вели Светото Писмо во оној дел кога Илија вика кон Бог против Израел:\n<sup>3</sup><Господе! Пророците Твои ги убија, жртвениците Твои ги раскопаа! Само јас останав, а и мене ме бараат за да ме убијат!\"\n<sup>4</sup>Но како Бог му одговора на Илија: <Јас сочував за себе седум илјади што не клекнаа на колена пред Баал.\"\n<sup>5</sup>Така е и денеска. Бог е благонаклонет кон Израелците, па и од нив има верни.\n<sup>6</sup>Тоа е затоа што Бог е благонаклонет кон нив, а не затоа што тие со своите постапки тоа го заслужиле. Ако Бог не беше благонаклонет кон нив, тоа немаше да се случи.\n<sup>7</sup>Сега испадна дека само мал број одбрани го добија она што сите Израелци го бараа. Останатите беа премногу тврдоглави.\n<sup>8</sup>токму како што е напишано во Светото писмо:\n<Бог ги заглупи, ги заслепи, ги направи глуви и такви се сѐ до ден денешен.\"\n<sup>9</sup>Давид вели:\n<Трпезата нивна нека им стане стапица, да се фатат, да се уловат и да си ја добијат заслужената казна.\n<sup>10</sup>Очите нека им се помрачат, за да не гледаат и довека грбави да одат!\"\n<sup>11</sup>Дали тоа значи дека Израелците отпаднаа и никогаш повеќе нема да се опорават? Се разбира, не! Нивната грешка овозможи останатите народи да се спасат, а тоа кај Израелците да предизвика љубомора.\n<sup>12</sup>Ако нивната грешка донесе толкав благослов за светот, ако нивната духовна сиромаштија донесе толкаво духовно богатство за останатите народи, колку поголем благослов ќе има кога тие целосно ќе се приклучат!?\n25 Спасението на останатите народи.\n<sup>13</sup>Сега ви се обраќам вам, што не сте Евреи. Сѐ додека сум ваш апостол ќе се гордеам со тоа што ми е доверена таа задача.\n<sup>14</sup>Белки така ќе предизвикам љубомора кај оние што се моја крв и месо, па и некој од нив ќе се спаси.\n<sup>15</sup>Ако преку тоа што тие го отфрлија Бог, останатите народи се измирија, кога ќе Го прифатат, тоа не би можело да значи ништо друго туку воскреснување на мртвите.\n<sup>16</sup>Ако првото парче леб од новата жетва се освети така што ќе Му се принесе на Бог, свети ќе бидат сите лебови месени од таа жетва. Ако е коренот свет, свети ќе бидат и гранките.\n<sup>17</sup>Вие сте како гранки од дива маслина, накалемени на питомо дрво. Неколку гранки беа скршени, а вие го зазедовте нивното место и сега ги уживате благодетите како да сте гранки од питомата маслина.\n<sup>18</sup>Немојте да мислите дека сте вие подобри од гранките што беа искршени. Не заборавајте дека не сте вие тие што го одржуваат коренот, туку тој вас ве одржува во живот.\n<sup>19</sup>Можеби ќе речете: <Гранките беа искршени, за ние да бидеме накалемени.\"\n<sup>20</sup>Тоа е вистина. Тие беа искршени затоа што немаа вера, а вие го зазедовте нивното место затоа што имате вера. Затоа немојте да бидете горделиви, туку имајте стравопочит.\n<sup>21</sup>Ако Бог не ги поштеди природните гранки, ни вас нема да ве штеди.\n<sup>22</sup>Погледнете колку благ и колку жесток Бог може да биде. Жесток кон оние што паднаа, а благонаклонет кон вас. Ако продолжите да верувате во Неговата благонаклоност, Тој ќе остане благ кон вас. Ако не и вие ќе бидете отсечени.\n<sup>23</sup>Така ќе бидат накалемени и оние што ќе поверуваат. Бог може нив повторно да ги врати назад.\n<sup>24</sup>Ако вие бевте отсечени од дивата маслина и наспроти она штое е природно бевте накалемени на питомата маслина, колку полесно оние што се дел од питомата маслина можат пак да бидат накалемени на нивното питомо дрво.\n26 Божјата милост за сите.\n<sup>25</sup>Драги мои, сакам да ви ја откријам оваа тајна, за не мислите дека сте многу мудри. Тврдоглавоста на дел од Израелците ќе трае сѐ додека не се пополни бројот од нееврејските народи.\n<sup>26</sup>Така сите Израелци ќе бидат спасени, како што е напишано во Светото писмо: <Од Сион ќе дојде Избавител. Тогаш потомците на Јаков ќе престанат да бидат зли.\n<sup>27</sup>Ова е мој Завет за нив. Тогаш ќе ги отстранам нивните гревови.\"\n<sup>28</sup>Тие не ја прифатија Радосната вест и затоа Му станаа непријатели на Бог. Тоа се случи за вие да добиете можност да ја слушнете Радосната вест. Но тие се сепак одбран народ и Бог ги сака зарадни нивните предци.\n<sup>29</sup>Бог не си ги зима назад даровите што ги дава и кога некого ќе одбере, не се предомислува.\n<sup>30</sup>Порано вие Му бевте непокорни на Бог. Сепак, заради тоа што и тие Му станаа непокорни на Бог, вие бевте помилувани.\n<sup>31</sup>На истиот начин, заради тоа што Бог се смилува над вас, ќе се смилува и над нив.\n<sup>32</sup>Сите Му беа непокорни на Бог, па затоа Тој се однесува кон сите како кон затвореници. Тоа го прави за да покаже дека им е благонаклонет.\n<sup>33</sup>О колку длабоки и изобилни се мудроста и знаењето на Бог! Колку несфатливи се Неговите пресуди, колку таинствени се Неговите патишта.\n<sup>34</sup><Знаел ли некој некогаш што Господ мисли? Му бил ли некој советник?\"\n<sup>35</sup><Кој Нему нешто Му дал, па очекува да му биде вратено?\"\n<sup>36</sup>Сѐ е од Него создадено и сѐ Тој одржува во живот. Сѐ е Негово. Нему слава нека Му е во вечни времиња. Амин.\n= Глава 12 =\n27 Да се живее, служејќи Му на Бог.\n<sup>1</sup>Драги мои, Бог е благонаклонет кон вас. Затоа ве молам да Му ги принесете вашите тела како жива жртва, света и пријатна за Бог. Тоа е најдобриот начин да Му служите.\n<sup>2</sup>Не им се прилагодувајте на луѓето околу вас, туку допуштете Бог одвнатре да ве промени со тоа што ќе го промени начинот на кој размислувате. Така ќе дознаете што Бог сака, што е добро, што Му е пријатно и што е совршено.\n<sup>3</sup>Јас знам каква благонаклоност Бог покажа кон мене и затоа на секој од вас му велам да не мисли дека е подобар отколку што навистина е. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност зависно од верата што Бог ви ја дал.\n<sup>4</sup>Како што ние во едно тело имаме многу органи и секој орган си има своја функција,\n<sup>5</sup>така и ние, иако сме многу, во Христос сите сме едно тело и секој им припаѓа на останатите.\n<sup>6</sup>Бог беше благонаклонет кон нас и на секој му даде различни дарби. Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува зависно од тоа колкава е верата што ја има.\n<sup>7</sup>Ако е некој надарен да служи, нека служи, ако е надарен да поучува, нека поучува,\n<sup>8</sup>ако е надарен да ги охрабрува останатите, нека го прави тоа. Ако некој дава, нека дава од сѐ срце. Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее. Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост.\n<sup>9</sup>Сакајте искрено. Мразете сѐ што е зло и цврсто држете се до доброто.\n<sup>10</sup>Сакајте се како браќа. Кога се работи за почести, давајте им предност на останатите.\n<sup>11</sup>Бидете ревносни, а не мрзливи. Служете Му на Господ со огнена страст во вашите срца.\n<sup>12</sup>Надежта што ја имате нека ви дава радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.\n<sup>13</sup>Грижете се за потребите на верните и бидете гостопримливи.\n<sup>14</sup>Благословувајте ги оние што ве прогонуваат. Наместо да ги колнете, благословувајте ги.\n<sup>15</sup>Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат.\n<sup>16</sup>Немојте да правите разлики меѓу луѓето. Немојте да бидете горделиви. Не треба да ви биде тешко да работите и скромни работи. Немојте да мислите дека сте вие многу паметни.\n<sup>17</sup>Никому зло за зло не враќајте. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро.\n<sup>18</sup>Колку што тоа зависи од вас, трудете се да живеете во мир со сите луѓе.\n<sup>19</sup>Драги мои, немојте да се одмаздувате. Оставете Божјиот гнев тоа да го стори. Во Светото писмо Господ вели: <Одмаздувањето е Моја работа. Јас ќе враќам.\"\n<sup>20</sup>Напротив: <Ако е гладен твојот непријател, нахрани го, ако е жеден дај му да пие. Со тоа разгорен јаглен ќе натрупаш врз неговата глава.\"\n<sup>21</sup>Не дозволувајте злото да ве победи. Вие злото победувајте го со доброто.\n= Глава 13 =\n28 Должности во однос на властите.\n<sup>1</sup>Секој нека им се покорува на властите што му се надредени, затоа што ниту една власт не се воспоставува без дозвола од Бог, па и постоечките власти се од Бог назначени.\n<sup>2</sup>Оној што им се спротивставува на властите, му се спротивставува на она што е од Бог одбрано и ќе биде казнет.\n<sup>3</sup>Владетелите не се закана за добрите, туку за лошите луѓе. Нема потреба да се плашиш од власите. Прави добро и тие ќе те пофалат.\n<sup>4</sup>Владетелот е Божји слуга и негова должност е да работи за твое добро. Ако правиш зло - плаши се, зашто владетелот не носи попусто сабја! Тој е Божји слуга и со гнев им се одмаздува на оние што прават зло.\n<sup>5</sup>Затоа, неопходно е да се покоруваш, не само заради стравот од казна, туку и затоа што совеста така ти наложува.\n<sup>6</sup>Од истата причина ги плаќате и даноците. Извршителите на власта се Божји слуги што работат за општо добри и тоа им е професија.\n<sup>7</sup>Затоа давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте го и персоналниот и данокот на имот, почитувајте ги властите, укажувајќи им ја стравопочитта што ја заслужуваат.\n29 Што треба да правиме еден кон друг.\n<sup>8</sup>Немојте никому да му останете должни. Нека ни остане само должноста да се сакаме еден со друг, затоа што оној што ги сака останатите, со тоа го исполнува Законот.\n<sup>9</sup>Заповедите: <Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не завидувај!\", всушност сите заповеди се содржани во заповедта: <Сакај ги луѓето околу тебе толку колку што самиот себе се сакаш!\"\n<sup>10</sup>Ако некого го сакаш, не можеш да му нанесеш зло. Затоа ако ги сакаш луѓето, го исполнуваш и Законот.\n<sup>11</sup>Знаете во какво време живееме. Дојде време да се разбудите. Денот кога ќе бидеме спасени е сега поблизу до нас, отколу во моментот кога поверувавме.\n<sup>12</sup>Ноќта е при крај, денот се ближи. Да престанеме да го правиме она што ѝ припаѓа на темнината. Да се вооружиме со оружјата на светлината.\n<sup>13</sup>Однесувајте се примерно, како да е ден, без оригии и пијанства, без блуд и разврат, без кавги и љубомора.\n<sup>14</sup>Дозволете Му на Господ Исус Христос да биде близу и постојано до вас, како што е облеката што ја носите и не му дозволувајте на телото да ве надвладее со неговите страсти.\n= Глава 14 =\n30 Не судете му на својот брат.\n<sup>1</sup>Прифатете ги оние што се слаби во верата, без да ги осудувате за тоа што по одредени прашања имаат поинакво мислење од вас.\n<sup>2</sup>Некој верува дека смее да јаде сѐ. Друг, пак, затоа што е слаб во верата, смета дека смее да јаде само растителна храна.\n<sup>3</sup>Оној што јаде сѐ не треба да го презира оној што јаде само одредена храна и обратно. Бог ги прифаќа и едните и другите.\n<sup>4</sup>Со кое право ти осудуваш туѓ слуга. Единствено неговиот Господар има право да го оправда или да го осуди. Не грижете се, Господ ќе ги сочува од сериозни грешки. Тој е способен да ги постави на здрави нозе.\n<sup>5</sup>Некои верни сметаат дека еден ден е поважен од останатите, а други ги сметаат сите денови за еднакви. Секој нека си процени онака како што му наложува неговиот разум.\n<sup>6</sup>Оној што на одреден ден му дава поголемо значење од останатите денови во неделата, тоа го прави од почит кон Господ. Оној што прави разлика меѓу тоа што смее, а што не смее да јаде, го прави тоа од почит кон Господ и на тој начин Му искажува благодарност. Оној што смета дека смее да јаде сѐ, исто така тоа го прави од почит кон Господ и со тоа исто така Му искажува благодарност.\n<sup>7</sup>Никој од нас за себе не живее и за себе не умира.\n<sup>8</sup>Додека сме живи, за Господ живееме. Кога умираме, за Господ умираме. Живи или мртви, ние сме Господови.\n<sup>9</sup>Токму заради ова Христос умре и оживеа, за да им биде Господ и на мртвите и на живите.\n<sup>10</sup>Зошто ги критикувате останатите верници? Зошто дури и ги презирате? Сите ние ќе застанеме пред Божјиот судски престол.\n<sup>11</sup>Во Светото писмо Господ вели: <Во Себе се колнам, нема колено што не ќе клекне пред Мене, нема јазик што нема да признае дека Јас сум Бог.\"\n<sup>12</sup>Секој од нас лично за себе ќе полага сметка пред Бог.\n31 Внимавајте да не предизвикате вашиот брат да падне.\n<sup>13</sup>Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други. Да се потрудиме да не поставуваме сопки и стапици пред останатите верници.\n<sup>14</sup>Како човек што е на страната на Господ Исус, јас сум убеден дека секоја храна, сама по себе е добра за јадење. Меѓутоа, ако некој смета дека не треба да јаде извесни нешта, за него тие се одвратни.\n<sup>15</sup>Ако со храната што ја јадете повредувате некои од останатите верници, вие не постапувате во склад со љубовта. Христос умре за нив. Немојте сега вие заради некаква си храна да ги уништувате.\n<sup>16</sup>Не дозволувајте заради вашето право да јадете сѐ да Му се нанесува навреда на Христос.\n<sup>17</sup>Божјото царство не зависи од тоа што човек јаде и пие, туку од тоа дали е праведен, дали е измирен со Бог и дали ја има радоста што ја дава Светиот Дух.\n<sup>18</sup>Ако Му служите на Христос на ваков начин, ќе му бидете по волја на Бог и ќе бидете почитувани од луѓето.\n<sup>19</sup>Да се стремиме кон она што донесува мир и взаемно нѐ изградува.\n<sup>20</sup>Немојте заради храна да го уништувате она што е дело на Бог. Сѐ смее да се јаде, но погрешно е заради она што го јадете да предизвикате некој да потклекне.\n<sup>21</sup>Најдобро е да не јадете месо, да не пиете вино, да не правите ништо што може да предизвика некој од верните да потклекне.\n<sup>22</sup>Она што го верувате во однос на овие нешта нека си остане меѓу вас и Бог. Среќен е оној што не се чувствува виновен затоа што прави нешто што смета дека е исправно.\n<sup>23</sup>Но ако некој се сомнева дали нешто смее да јаде, а сепак го јаде, тој оди против сопственото уверување. Сѐ што правите спротивно од она што го верувате е грев.\n= Глава 15 =\n32 Угодувајте им на другите, а не на себе.\n<sup>1</sup>Ние што сме силни во верата треба да ја поднесуваме слабоста на оние што се послаби, а не да си угодуваме самите на себе.\n<sup>2</sup>Секој од нас треба да им угодува на верните што се околу него, за нивно добро, за да ги изградува.\n<sup>3</sup>И Христос не си угодуваше Самиот на Себе, туку, како што е напишано: <Навредите што беа наменети за вас паднаа врз Мене.\"\n<sup>4</sup>Сѐ што во минатото е напишано во Светото писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж.\n<sup>5</sup>Сега, нека Бог, изворот на нашата цврстина и храброст, ви даде да бидете сложни меѓу себе и да го следите примерот на Исус Христос,\n<sup>6</sup>па сите заедно и сложно да Го прославувате Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос.\n33 Радосната вест за останатите народи.\n<sup>7</sup>Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Тоа е за Божја слава.\n<sup>8</sup>Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да се потврди дека Бог го исполни ветувањето што им го даде на нивните предци. Постои и друга причина зошто Тој дојде,\n<sup>9</sup>а тоа е за останатите народи да Го прославуваат Бог заради Неговата милост, како што е напишано во Светото писмо: <Затоа ќе Те славам меѓу останатите народи, на името Твое славопои ќе му пеам.\"\n<sup>10</sup>и на друго место: <Радувајте се сите што не сте Евреи, заедно со народот Негов!\"\n<sup>11</sup>и повторно: <Славете Го Господ сите народи, сите луѓе Него нека Го слават!\"\n<sup>12</sup>а Исаија вели: <Ќе се појави потомок на Јеше, ќе се крене за да владее со нееврејските народи, и на Него тие ќе се надеваат.\"\n<sup>13</sup>Сега, нека Бог, Оној што дава надеж, ве исполни со радост и мир заради вашата вера, а вашата надеж нека продолжи да расте, поткрепена од силата на Светиот Дух.\n34 Причината зошто Павле пишува толку остро.\n<sup>14</sup>Убеден сум, драги мои, дека вие сте полни со добрина, дека имате знаење и дека сте способни и други да поучувате.\n<sup>15</sup>Сепак, за некои работи остро ви напишав, за да ве потсетам. Бог беше благонаклонет кон мене.\n<sup>16</sup>Ме одбра да Му служам на Исус Христос меѓу нееврејските народи, со тоа што ќе извршувам една света задача: ширење на Божјата Радосна вест. На тој начин Светиот Дух ќе може да направи од нееврејските народи принос што ќе биде свет и прифатлив за Бог.\n<sup>17</sup>Јас сум на страната на Исус Христос и затоа се гордеам со тоа што го работам за Бог.\n<sup>18</sup>Јас се осмелувам да зборувам само за она што Христос го изврши преку мене, за тоа како ми дозволи да зборувам и делувам, за и оние што не се Евреи да Му се покорат.\n<sup>19</sup>Зборувам за тоа како Христос правеше чуда, им даваше чудотворни знаци на луѓето со помош на силата на Светиот Дух. Им ја проповедам Радосната вест за Него почнувајќи од Ерусалим, па сѐ до Илирик.\n<sup>20</sup>Моја намера е да ја проповедам Радосната вест онаму каде што сѐ уште не слушнале за Христос. Не сакам да градам врз туѓ темел.\n<sup>21</sup>Напротив, сакам да биде онака како што е напишано во Светото писмо: <Ќе сфатат оние на кои не им беше кажувано за Него, ќе разберат оние што немаа слушнато.\"\n35 Намерата на Павле да го посети Рим.\n<sup>22</sup>Затоа јас долго време бев спречен да дојдам кај вас.\n<sup>23</sup>Сега, меѓутоа, нема веќе во овие области за мене простор за работа па, заради тоа што веќе повеќе години имам желба да дојдам кај вас,\n<sup>24</sup>ќе ве посетам кога ќе тргнам на пат за Шпанија. Се надевам дека на поминување ќе се видам со вас и дека вие, откако убаво ќе си поминеме, ќе ме испратите понатаму.\n<sup>25</sup>Прво ќе одам за Ерусалим, за да им помогнам на посветените,\n<sup>26</sup>зашто верните од Македонија и Ахаја имаа желба да дадат нешто добровлни прилози за оние верни во Ерусалим што се сиромашни.\n<sup>27</sup>Тоа беше нивна желба. Се чувствуваа должни кон нив. Сметаа дека ако Евреите ги поделија духовните нешта со останатите народи, ред е и тие да им помогнат со материјални добра.\n<sup>28</sup>Кога ќе ја завршам оваа работа и ќе им ги предадам овие прилози, ќе ве посетам, а потоа ќе заминам за Шпанија.\n<sup>29</sup>Знам дека кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со целиот благослов на Христос.\n<sup>30</sup>Драги мои, преку Господ Исус Христос и преку љубовта што доаѓа од Светиот Дух, ве молам искрено да Му се молите на Бог со мене и за мене.\n<sup>31</sup>Молете се Бог да Ме заштити од неверниците во Јудеја, а посветените да го прифатат она што јас го работа.\n<sup>32</sup>Така, исполнет со радост, да дојдам кај вас и, ако е Божја волја, да останам извесно време со вас.\n<sup>33</sup>Сега нека Бог, Оној што ни дава мир, биде со сите вас. Амин.\n= Глава 16 =\n36 Поздрави.\n<sup>1</sup>Ви ја препорачувам нашата сестра Фоеба, која служи во црквата во Кенкреа.\n<sup>2</sup>Прифатете ја онака како што прилега да се прифати човек верен на Господ. Помогнете ѝ за сѐ што ќе има потреба, затоа што таа им помогна на многумина, па ми помогна и мене.\n<sup>3</sup>Поздравете ги Приска и Акила, моите соработници во Исус Христос,\n<sup>4</sup>кои ги ризикуваа сопствените животи заради мене, на кои не сум им благодарен само јас, туку и сите цркви на неевреите.\n<sup>5</sup>Поздравете ја црвката што се собира во нивниот дом.\nПоздравете го мојот драг пријател Ефаенет. Тој е првиот од Азија што се обрати за Христос.\n<sup>6</sup>Поздравете ја Марија, која многу работеше за вас.\n<sup>7</sup>Поздравете ги моите роднини Андроник и Јуниј, со кои заедно бевме во затвор. Тие се многу почитувани меѓу апостолите и уште пред мене беа Христови следбеници.\n<sup>8</sup>Поздравете го мојот драг пријател во Господ Амфлиат.\n<sup>9</sup>Поздравете го Урбан, кој работи со нас за Христос, поздравете го и мојот драг пријател Стахиј.\n<sup>10</sup>Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос.\nПоздравете го семејството на Аристобул.\n<sup>11</sup>Поздравете го мојот роднина Херодион.\nПоздравете ги оние од семејството на Нарциј што Му се верни на Господ.\n<sup>12</sup>Поздравете ги Трифаена и Трифоса, кои работат за Господ.\nПоздравете ја мојот драг пријател Персис, кој многу работеше за Господ.\n<sup>13</sup>Поздравете го Руфус, посебен слуга на Господ. Поздравете ја и неговата мајка, која и мене ми беше како мајка.\n<sup>14</sup>Поздравете го Асинхрит, Флегон, Хермес, Патробас, Хермас и нашите пријатели што се со нив.\n<sup>15</sup>Поздравете ги Филолог и Јулија, Нереј и неговата сестра, Олимп и сите верни што се со нив.\n<sup>16</sup>Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж. Примете поздрави од сите Христови цркви.\n37 Завршни упатства.\n<sup>17</sup>Ве предупредувам драги мои, да се пазите од оние што предизвикуваат поделби и поставуваат препреки на вашиот пат, што е спротивно на учењето што го примивте. Избегнувајте ги!\n<sup>18</sup>Таквите луѓе не му служат на Христос, нашиот Господ, туку им служат само на сопствените интереси. Преку лицемерни говори и ласкање тие ги измамуваат простодушните.\n<sup>19</sup>Многу ми е мило што сите веќе слушнале колку сме Му вие послушни на Бог. Би сакал да бидете мудри во однос на она што е добро и да си немате работа со ништо што е зло.\n<sup>20</sup>Бог, Оној што ни дава мир брзо ќе го згази сатаната под вашите стапала. Нашиот Господ Исус нека ви биде благонаклонет.\n<sup>21</sup>Ве поздравува мојот соработник Тимотеј. Ве поздравуваат моите роднини Луциј, Јасон и Сосипатер.\n<sup>22</sup>И јас Тертиј, оној што го испишувам ова писмо, ве поздравувам во Господ.\n<sup>23</sup>Ве поздравува Гај, кој ни е домаќин и мене и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и нашиот пријател Квартус.\n<sup>24</sup>\n38 Завршна молитва.\n<sup>25</sup>Молете Му се на Бог! Тој може да ве направи силни преку Радосната вест што ви ја пренесувам. Таа зборува за Исус Христос. Со векови ова беше тајна,\n<sup>26</sup>но сега стана нешто што сите можат да го слушнат. Вечниот Бог им заповеда на Неговите пророци да пишуваат за Радосната вест, па сите народи да се покорат и да поверуваат.\n<sup>27</sup>На единствениот Бог, на Оној што е мудар, преку Исус Христос, слава нека Му е во вечни времиња. Амин.", "subject": ["Библија", "Христијанство"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B8%D0%BC", "word_count": 9126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9769", "title": "Марш на Осмата македонска ударна бригада", "text": ":Крвава зора над Велес грее\n:народ борци чека крв да лее\n:Еј за Велес слободен и Вардар!\n:Еј за светли дни слобода дар\n:Напред бригадо во крвов поход\n:за Велес, Вардар и слободен род\n:Челата наши смртта ги краси\n:Еј, ропство бега без да се спаси\n:Еј, пред дигнат нож на вчерашен роб\n:слобода слета од замрзнат гроб\n:Напред бригадо во крвов поход\n:за Велес, Вардар и слободен род\nТекст: Јордан Леов\nКомпозиција: Иван Николовски - Танго", "subject": ["Македонски партизански песни", "Велес"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D1%88_%D0%BD%D0%B0_%D0%9E%D1%81%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 76, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9770", "title": "Марш на македонско-косовската бригада", "text": ":Не одред, а војска на Тито сме ние\n:бунтовниот Вардар е нашата крв.\n:На Косово духот во срца ни бие,\n:в народната борба е нашиот врв.\n:Караорман шума е нашиот врсник,\n:При Кленоец славен се вкрстивме в бој,\n:Со дестина пушки и ножој на крстој,\n:се втурнавме смело во нерамен бој.\n:Животите свои не ги жалиме в бојот,\n:и широк ко Волга е нашиот пат,\n:избиваме врагој и туѓи и свои,\n:на чело ни стои славјанскиот брат.\n:Не одред, а војска на Тито сме ние\n:бунтовниот Вардар е нашата крв.\n:На Косово духот во срца ни бие,\n:в народната борба е нашиот врв.", "subject": ["Македонски партизански песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D1%88_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D0%B0", "word_count": 103, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9331", "title": "Чудата на Свети Димитрија Солунски", "text": "„Чудата на Свети Димитрија Солунски“ (Miracula Sancti Demetrii) спаѓаат во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература. Тие се состојат од три збирки. Првата збирка која ги опфаќа „Чудата“, што се однесуваат на периодот од крајот на 6 век до 20-тите години на 7 век, ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа „Чудата“ што се однесуваат на времето од 20-тите години на 7-ми век, па се до крајот на тој век. Авторот на оваа збирка е анонимен. Третата збирка од „Чудата“, составена најверојатно во 10-ти век, не содржи значајни податоци за периодот на словенската колонизација на Македонија.\n1 Прва книга\n1.1 Словенска војска го напаѓа Солун (584 година)\nНа 26 октомври, по обичај, целата земја го празнуваше денот на победоносецот, маченикот Димитрија, којшто си го сакаше својот град...Никаде не се слушаше варварски глас. Меѓутоа, на вториот ден од прославата по решение на победоносецот (ме тера така да зборувам исходот на настанот), на полноќ изненадно се запали светиот негов сребрен кивориј. Кога ова за кратко време се расчу низ целиот град, сите најмлади граѓани...се собраа во пресветиот храм...и ја спречија опасноста од пожар...Масите потоа не се разотидоа...\nЕден човек, заслужува да се спомене, којшто служеше во славната војска на дакиската скринија на префектурата Илирик...започна да вика:''„Граѓани, варвари се појавија ненадејно околу ѕидот. Сите излезете со оружје за својата татковина“''...Целиот народ, откако го слушна неочекуваниот повик, се втурна по куќите и вооружувајќи се, се искачи на ѕидот.\nТој потоа виде во полето кај светиот храм на христоносната маченица Матрона, не многу голема варварска војска (зашто ние ги изброивме накај пет илјади) но многу јака, бидејќи беше составена од избрани и искусни борци. Зашто тие во таков број не би нападнале така ненадејно на еден толку голем град кога не би ги надминувале по својата сила и дрскост оние со кои дотогаш понекогаш војувале...\nИ се до доцна во ноќта тие се бореа меѓу себе и луѓето на победоносецот се излагаа на поголем ризик при настапувањето и повелкувањето, зашто, како што е речено, за противник го имаа одбраниот цвет на целиот словенски народ. Најпосле, кога се појави помошта од самиот победоносец, варварите уште истиот ден беа прогонети и отстапија, во масовни групи, од оние места во кои беа навлегле.''Miracolorum s. Demetrii martyris liber 1. Ed. C. Byeus. Patrologiae cursus completus. Series Graeca, t.116. Paris 1891, col. 1277.''\n1.2 Аварско - Словенска војска го напаѓа Солун и ја пустоши и ограбува Македонија (586 година)\nНајпосле време е да го засегнеме и најглавното од чудата на пресветиот маченик и љубител на градот. Би сакал да споменам за најголемото (чудо) кое што најмногу сјае од дотогашните војни што се воделе за Солун и кое чудо не спаси неочекувано од онаа опасна и неизбежна опсада, а може да се каже дека скоро и не воскресна од мртвите...\nВелат дека тогашниот водач на Аваритерешил да испрати пратеници за некаква работа кај блаженопаметниот Маврикиј, кој во тоа време ја држел ромејската власт. Меѓутоа, бидејќи барањето му било одбиено, него го обзел неиздржлив гнев, а бидејќи не бил во состојба ништо да му направи на оној што откажал да му ја исполни желбата, тој измислил средство со кое сметалл дека најмногу нему ќе му напакости...\nТој го повикал кај себе од Склавиниите сето верно ѕверско племе, зашто целиот овој народ го имал под своја власт и додавајќи кон нив и некои други варвари, им наредил на сите да заминат во поход против од бога заштитениот Солун.\nМили мои, тоа беше најголемата војска што сме ја виделе во наши времиња. Според едни таа изнесувала повеќе од сто илјади тешко вооружени мажи, според други помал број, а според трети многу повеќе. Беше тешко да се одреди вистината поради нивниот број и затоа беа различни мислењата на набљудувачите. Како да гледавме нова војска. Ксерксова или војска од Етиопјани и Либијци, коишто порано војувале против Јудеите. Слушнавме дека пресушиле реките и изворите кај кои заседнале и дека сета земја низ која поминувале ја претвориле, како што вели пророкот, во опустошено поле.\nИ така огромно множество добило наредба да го измине патот со таква брзина што ние не дознавме за нивното пристигнување се до пред еден ден; затоа што за нивното доаѓање стана познато во неделата, на 22 септември. И додека граѓаните се сомневаа дали тие ќе можат да пристигнат во овие краишта дури по четири или пет дена, а поради тоа што беа понемарни за заштита на градот, тие пристигнаа безгласно пред градските ѕидишта уште во понеделникот утрината. И веднаш се појави првата закрилна сенка на сеславниот маченик Димитрија - во таа ноќ, тој ги заслепи и задржа доста часови околу тврдината на победоносната маченица Матрона, за да мислат дека тоа е градот. Но, откако најпосле пукна зората и дознаа дека градот е во близина, се нафрлија на него еднодушни како лав кој граби и рика. Потоа на ѕидот ги исправија скалите што, направени беа ги донеле, зашто некои од нивните војници беа непромислено решиле да се искачат на ѕидот. Имено, токму тогаш се случи прочуеното и големо чудо на светиот Победоносец...\nИ токму тогаш појасно се забележа безбројната маса. Имено, тие го опсадија градот како смртоносен венец од крајот на источниот ѕид до морето, па се до крајот на западната страна на ѕидот кај морето, така што не се гледаше никакво место на земјата коешто варварот не го газеше. Наместо земја, дрвја или трева сега можеа да се видат главите на непријателите што беа еден до друг дури и притиснати и така не заплашуваа со неизбежна смрт во утрешниот ден. И ни беше чудно дека во овој ден тие не само пто го опсадија ѕидот, како песокот морето, туку голем број од нив ги зазедоа утврдувањата околу градот и преградијата, грабајќи притоа и истребувајќи и газејќи со нозете се што останало. Тогаш не им беше потребно да направат околу градот оклоп или насип, зашто ним оклоп им беше непосредното сплетување на штитовите допрени еден до друг, а пак насип маса од живи тела сплетена како мрежа...\nВо градот тогаш неискажан страв предизвика и тоа што за шрв пат е видена варварска фаланга, зашто никогаш пред тоа не беа видени непријателите така одблизу да опсадуваат (и повеќето граѓани не го познаваа) дури нивниот лик, освен оние што беа вклучени во војничките списоци. Тогаш, всушност, храброста стана еднаква и за похрабрите и поплашливите. Меѓу нив не постоеше разлика, зашто изгубија надеж за спас, им течеа солзи на сите како река и страшна потиштеност беше ги потемнела и изменила сите...\nСите мислеа дека спасувањето на градот е нешто неостварливо, зашто тогаш кај луѓето беше изгубена секаква надеж за него. Прво, бидејќи (тогаш, до месец јули) страшната чума го држеше и по божја човекољубивост (беше добил околу 50 дена) некаков одмор. Наеднаш, како што е речено, на 22 септември ги обзеде божјиот гнев оние варвари што ги затекоа малубројните жители на градот, а кои беа увилени од жал за неодамна погребените. Второ, оние пак што го опсадуваа (градот) беа по број рамни на песокот. Зашто ако некој би си ги претставил на куп не само во Солун собраните Македонци, туку и Тесалијците и Ахајците, тогаш не би се добил дури и минималниот дел од оние што однадвор го опсадуваа градот. Трето, пак, што од се друго најмногу ја зголеми нашата беспомошност, беше тоа што во градот тогаш се наоѓаше само еден минимален дел неспособни граѓани и војската, кои останаа болежливи (од чумата), додека пак повеќето, бидејќи беше време на гројеберење, беа отсечени надвор по нивјето и не можеа да влезат во градот. Непријателите пак наеднаш и неочекувано одблизу го опсадија ѕидот...\nИ така, бидејќи остана градот со малку луѓе од разни причини, безизлезната положба одземаше секаква надеж за спас...\nИ понатаму еве што се случи. Тогаш, истиот ден, откако излеговме надвор, тие се погрижија околу собирањето на храна, заробеници, материјални богатства и премногу жито, заграбувајќи и други храни. И се што роди земјата и што остана како резерва од претходните години, се наоѓаше надвор и одвај и стигна за оној ден. Потоа ги собраа плодовите од дрвјата, гранките и корењата нивни, како и сиот зеленчук и потоа и кревката трева, дивите растенија, т.н. зелени трње, најпосле излижувајќи го и правот на земјата. Но и натаму останаа гладни, а земјата пак не можеше да ја издржи нивната тежина. Истата таа вечер кога пристигнаа, собраа дрва и запалија околу градот огнови...\nЦелата ноќ потем, ние слушавме наоколу врева. Утредента тие ги монтираа хелеполите, железните овнови, огромните каменофрлачки и т.н. желки, кои како и каменофрлачките, ги беа покриле со суви кожи. Но, подоцна им текнало и заковале на овие направи крвави кожи од што туку заклани волови и камили за да не настрадаат тие од оган или од вжарена смола. И така тие ги донесоа близу до ѕидот и од третиот ден натаму фрлаа камења кои пос војата големина прилегаа на карпи. Понатаму и нивните стрелци со стрелитеоставаа впечаток на зимен снег, така што никој од оние на ѕидот не можеше да се наведне и нешто да ѕирне однадвор без опасност. Откако ги прилепија и желките до надворешниот ѕид, тие со лостови и секири ги поткопуваа силно неговите темели...\nТогаш кога сите беа душевно и телесно умртвени од бедите што ги гледаа, како и од очекуваните поголеми несреќи, ненадејно на третио ден на опсадата, а и натаму, им се крена духот така што почнаа да се смеат и да бијат шега со непријателите. Исто така со поканување и (ветување) мнозина од нив успеаја да ги разубедат да преминат кон градот, така што општествените бањи, кои повеќе не се употребуваа, беа преполни од оние што преминуваа од варварското множжество, а што предизвика голема радост и смелост кај граѓаните...\n...Како што рековме, овие непријатели во првиот и вториот ден од опсадата ги собра храните и приготвија против градот многу страшни и најразлични опсадни направи. Третиот ден, па се до седмиот (бидејќи прославениот маченик понатаму не им дозволи да го држат под опсада градот), тие довлекоа до ѕидовите се: хелеполи, овнови, каменофрлачки и со плот обвиени желки што се влечкаат по земјата. Најпрвин тие насочени против т.н. Касандриска порта. Меѓутоа, откако увидоа дека на неа бранителите на градот беа закачиле некаква си куса железна кукалка, слична на плашило за деца, ги фати страв пред ваквата направа, т.е. сакам да истакнам за овенот, така што, без да сторат нешто, се повлекоа кон своите шатори, запалувајќи го притоа и него, како и се што беше слично на него...\n...Впрочем нека пресуди справедливиот слушател дали можеа тие што беа излегле на предното утврдување само со копје и лак да им наштетат на оние што се наоѓаат под желките и го поткопуваа со лостови? Од каде и која е причината за нивниот пропуст? Секако оној што им вдахна смелост на Македонците. Во случајот, со божјето решение непријателот беше лишен од помош...\n...Од рано утро до седум часот, непријателите секој ден гаѓаа со оние огромни камења, но скоро никој од нив не падна на ѕидот, туку паѓаа или надвор или пак внатре од ѕидот, така што таму каде ќе паднеа ископуваа јама. Од друга страна пак, голем број од исфрелните камења од градот паѓаа, како по заповед, врз тесниот врв на варварските камеофрлачки и ги убиваа оние што беа внатре...\n...Беше света недела, седмиот и последен (ден) од нашата опсада, кога на овој ден непријателите се смирија, како да се починуваа од уморот на изминатите денови, за следниот ден да поведат против градот битка на живот и смрт, кога сите заеднички, без исклучок ќе го нападнат ѕидот од сите страни, целејќи со тоа да ги исплашат и симнат долу бранителите од запците или, доколку не им се оствари целта, на дело да се уверат во бескорисноста на натамошната борба.\nИ навистина, откако се решија за тоа, како што можеме да дознаеме од пребеганите и нние сите бевме опфатени од страв пред испитот што не очекуваше утредента, истиот тој ден, неочекувано, околу осум часот, варварите од сите страни извикаа со заеднички вик и побегнаа кон височините, оставајќи ги шаторите заедно со опремата...\nПонатаму, граѓаните, испраќајќи коњаници, дознаа дека непријателите навистина избегале, дека во ноќта изминале големо растојание, повекувајќи се панично и со страв и дека ја изоставиле по патот опремата, добитокот и зарбениците...''Mirac.1, 13, p.1285-14, 1313; A.Tougard, De l'histoire profane dans les Actes grecs des bollandistes. Paris 1874, p.89-104''\n2 Втора книга\n2.1 Македонските словенски племиња предводени од го напаѓаат Солун (614-616 година)\nИ така, се случи, како што е речено, за време на епископувањето на блаженопаметниот Јован да се крене народот на словените, составен од неизмерно множество , , , , и други племиња. Најпрвин тие научиле да прават кораби, издлабени од едно дрво и откако се вооружиле за по море, ги опустошилле цела Тесалија, околните острови, Еладските и Кикладските острови, цела Ахаја, Епир и поголемиот дел на Илирик и дел од Азија.\nПритоа тие опустошиле...многу градови и области и еднодушно решиле да го нападнат и разурнат и нашиот христољубив град, како (што направија) и со останатите. А потоа, откако се договорија за тоа, со приготвените кораби, издлабени од едно дрво, а кои ги имаше во огромен број, се расположија на логор кај морскиот брег. Останатото непрегледно множество го опсади овој од Бога чуван град од сите страни од исток, север и запад, носејќи ги со себеи своите семејства заедно со покуќнината, а нив планираа по заземањето на градот да ги сместат внатре.\nИ тогаш се пролеаја реки од солзи и се слушнаа лелеци од целиот народ на градот, сосипан од самата вест, бидејќи беше дознал за неискажаните разурнувања на градовите и за извршените безбројни колежи и пленства, како и поради тоа што сите и на секаде добро знаеја за нивната пропаст. Освен тоа, не беа останале кораби на месните (жители), а немаше и од околните места, ниту пак имаше за заштита на влезот на овдешното пристаниште. Поголем страв пак ги обзеде граѓаните на пребегнатите христијани, кои беа се намериле на оваа безмилосна војска. И тогаш во иста душевна состојба се наоѓаа плашливите и храабрите, и секој пред очи го гледаше тешкото пленство или смртта, без да имаат друга можност за бегство, според божјото слово коешто вели: „Ако од овој град побегнете во друг“, бидејќи целиот варварски народ на Словените го опсадуваше градот како некаков смртоносен венец...\nОткако целиот словенски народ се построи за да го нападне ѕидот сложено и одеднаш, Словените кои се наоѓаа во корабите, решија да ги покријат одозгора со штици и т.н. одрани кожи, а при нападот на ѕидот веслачите да се заштитат од ранување од камењата и стрелите фрлани против нив. Отпрвин...вишата сила преку маченикот им влеа страв, да не се насочат директно против градот, туку да се насочат кон еден залив каде што постоеше некакво пристаниште уште од дамни времиња наречено Киларион. И варварите, откако заминаа таму за да ја извршат замислената итра работа, задоцнија, а пак оние во градот малку се поохрабрија, ашто добија малку време. За тоа време во пристаништето тие изградија некакви дрвени потпори, врз кои поставија вериги, како и некакви железа, некои со заострени прачки, а други со мечовидни шајки, кои стрчеа над дрвата. Непосредно до нив ги наредија затечените туѓи кораби, наречени кивеи и откако ги закотвија еден до друг при влезот на пристаништето, направија премин за очекуваната битка...\nИ така изминаа три дена, а словенските кораби пловеа на оддалеченост од две милји од ѕидот, набљудувајќи ги секојдневно лесно пристапните места од каде што беа со намера да го извршат заземањето (на градот). На четвртиот ден, при изгревот на сонцето, целото варварско племе, едногласно извика и се нафрли од сите страни на градскиот ѕид, едни стрелајќи со камења од приготвените каменофрлачи, други доближувајќи ги скалите до ѕидот, се обидуваа да го заземат, трети пак нозеа оган на портите, а останатите ги опстрелуваа ѕидиштата со стрели како зимни снегулки. И можеше да се видинеобична појава: безбројните оружја како градоносен облак ги засенија сончевите зраци, покривајќи го така воздухот со стрелите и исфрлените камења.\nЗа време на таквиот силен напад, варварите посмели во морепловството и похрабри во војувањето бргу се приближија со своите кораби до извидните места, насочувајќи се едни на запад кон кулата од црковната скала, каде што се наоѓаше малечка порта и преку неа ќе го извршат заземањето на градот. Токму тогаш целиот град, место камења и стрели, пред бога, господарот на сите, пролеа солзи како дождовни облаци...\n...И еве го најголемото чудо кое што е навистина достојно да се спомне. Водачот на оние Словени, по име , посаакал по својот обичај, да дознае преку гатање дали ќе влезе во нашиот од бога чуван град; му било одговорено дека ќе влезе, но не му било кажано како. И навистина, според пророштвото што му било дадено, изгледало дека ќе успее, тој со дрскоста своја го забрзал настанот.\nНо, оној што ги изменува условите и времињата и ги попречува желбите на непријателите, тој него жив како заробеник им го предаде на граѓаните преку спомнатата малечка порта. Некои од првенците на нашиот град го скрија дома од некаква корист и со недобри намери. Но и овој пат изостана грижата на Победоносецот, вдахнета од Христос. Потикнувајќи кај жените машка храброст, тие го извлекоа од куќата каде што се криеше и откако го спроведоа низ градот го каменуваа. И така тој доби заслужена смрт, достојна за непријателската негова намера. Но никој, од вас маченољупци да не пројавува за тоа недоверба кон овој груб и краток расказ. Ако пак некој помисли дела сето тоа невистинито сум го опишал, нека погледне како стои на натписот пред пресветиот храм на вечнопаметниот маченик Димитрија, на страната на т.н. камбанарија, којашто (напис) го покажува целиот тек на битката...''Mirac.II,1,p.1325-1333; Tougard, p.118''\n2.2 Окружување на Солун со Словенски населби (околу 618 година)\nПо споменатиот масовен напад на Словените, т.е. на Хацон и по лесниот и праведен колеж што ги снајде благодарејќи на Победоносецот и најпосле по срамната војна што ја водеа против нас, тие претрпеа не мала штета, кога во нашиот од бога чуван град пребегаа нивните заробеници, кои беа ослободени од нивниот водач и спасител од нашиот заштитник Димитрија. Тоа, всушност, кај нив предизвика огорченост зашто наспроти тоа што се лишија од заробеници, тие пребегнувајќи кај овдешните, им одзедоа и дел од воениот плен. Големата беда ги натера да свикаат советување и откако собраа премногу подароци, ги испратија преку пратеници до хаганот на Аварите, ветувајќи му и уверувајќи го дека ако им укаже сојузничка помош, за неговото заземање ќе му дадат огромни пари, што би ги ограбиле од нашиот град. Притоа, самиот признаваше дека градот лесно ќе падне, а и тие велеа дека ќе биде заземен од нив и дека тој не само е окружен од нив, туку дека се пусти сите градови и области кои зависеле од него, така што единствено тој, како што е речено, стои окружен од нивните населби и ги прифаќа сите бегалци од дунавските краишта, Панонија, Дакија, Дарданија и од останатите провинции и градови, давајќи им засолниште...\n''Mirac.,II, p.2, 1336; Tougard, p. 128-130''\n2.3 Обиди на Словенскиот народ настанет околу Солун да го заземе градот (околу 630 година)\nНародот на Словените, пак којшто живееше во близина, не смееше дури ни да се доближи (поради земјотресите), а камоли да го опсади градот и тоа оние што отпорано сакаа да го заземат, додека ѕидиштата беа цели и граѓаните не беа се растуриле, иако земјотресите веќе повеќе денови не престануваа и поголемиот дел од она што се наоѓаше зад ѕидиштата, какошто се вели, беше паднат и кога портите беа отворени, а повеќето од невооружениот народ беше се растурил, бидејќи никој воопшто ја немаше смелоста да влезе в куќа...\nИ така, при овие божји мачења, оние од споменатите Словени, што беа настанети во близина, триумфираа разгласувајќи ги со песни чудата околу нашиот спас што ги изврши спасителот-победоносец на градот. Тие имено раскажуваа дека при првиот силен земјотрес, по кој следуваа непрекинато и други, го виделе замрачен целиот воздух повеќе часови, како што велеа, од правот на урнатините. И откако се спуштијакон ридиштата околу градот, тие го видоа целиот град урнат и земајќи ги копачите и другиот алат за расчистување, невооружени потрчаа да ги откопаат и присвојат домашните работи на граѓаните, зашто им изгледаше дека сите изгинале. И така, откако го тргнаа со таква намера и се доближија, тие видоа дека целиот ѕид од сите страни е неоштетен и дека градот си останал како и порано, а и војниците што стражареа на ѕидините се гледаа однадвор; и така тие се вратија назад исплашени и без резултат...\n''Mirac.,II, p.3; Tougard, p. 140-144''\n2.4 Византија ги спречува Македонските Словени да создадат своја држава на чело со Ринхинскиот рекс Пребонд (674-677 година)\nОткако ги изложив делумно, како што си замислив, гоелмиот број од чудата на прославениот освојувач и наш заштитник Димитрија...ќе поминам на грижата која сега се пројави...и како, наспроти очекувањаата, го спаси градот од неизбежни опасности. Зашто, често споменуваните Словени, кои се настанети во близина на овој од бога чуван град, само навидум го чуваа мирот. Оној пак што управуваше тогаш во оваа област, не знам на кој начин и зошто му испрати извештај до богомудрите уши на оној што по божја волја царуваше над нас, против рексот на Ринхините, по име Пребонд, дека тој кроел планови против нашиот град со итра и пакосна намера.\nОд овој богочовечен император, пак испрати свое писмо до префектот, со наредба да му го испрати рексот врзан кај него, на начин како што смета тој. И таквото богоугодно писмо им беше посебно покажано на највидните првенци, кои веднаш го фатија, зашто тој се наоѓал во градот и го испратија окован во синџири на споменатиот благочестив император, како што и беше напишано во богоугодното писмо.\nИ откако тоа се случи и целиот народ на Словените дозна т.е. и двете страни и оние од Ринхиниа и оние од Стримон, решија заедно со градот да го замолат погоре споменатиот господар да не го погуби, туку да му ја прости грешката и им го испрати, молејќи го да го ослободи него. И така, за таа цел беа испратени до најмилостивиот император по избор некои од овдешните опитни мажи, заедно со избрани словенски пратеници, кои ја најдоа неговата благочестивост да се подготвува за спротиставување на од бога презрените Агаријани, спогодувајќи се притоа со сите овие пратеници дека ќе го ослободи Пребонда по војната.\nИ така, со таквото ветување ги испрати тука, наредувајќи притоа да се одврзе и да му се даде облекло, а и да му биде задоволена секојдневната потреба. Откако погоре споменатите пратеници се вратија заедно со варварските, при ваквото ветување сите Словени се откажаа од својот бес.\nМеѓутоа, непријателот на сите и демон од најстарата сплетка пронајде средство за својата несреќа во лицето на еден од императорските толкувачи, познат и сакан од споменатиот Пребонд да побегне и замине на неговиот имот што се наоѓаше во тракиските места, договарајќи се притоа по неколку дена и самиот да допатува за да го земе и (одведе) во неговата земја и го спаси.\nОткако помеѓу себе вака се договорија, рексот Пребонд, кој беше облечен во ромејска облека и зборуваше наш јазик, како да е еден од граѓаните излезе од портата на Влахерните и замина на имотот на толкувачот, каде што тајно престојуваше. Меѓутоа, откако Пребонд беше побаран во престолнината и не беше пронајден, а бидејќи не знаеја за договорот меѓу него и толкувачот, носителот на скиптарот и првенците ги обзеде голем очај. Тој нареди да се запре морепловството на сите страни, да се затворат сите порти на градот и да се испратат коњаници и бродови насекаде за да го бараат споменатиот Пребонд. Барањето (на Пребонда), траеше околу четириесет дена, кога беа испраќани секојдневно една по друга (потери).\nИмператорот нареди да бидат заклани со меч, по многу мачења, оние што го чуваа него; другите пак , што беа под сомнение, да им се отсечат крајните делови; трети да се затворат и подложат на мачења, а на практорите да им се запре работата; и просто речено, голем број луѓе беа изложени на опасност поради неговото бегство, така што дури и оној комушто му беше доверена управата на градот беше испратен тука, зашто стана омразен. И можеше да се види дека целиот овој среќен град е зафатен од голема паника, жалост и солзи. И веднаш по бегството на споменатиот Пребонд, христољубивиот император, кој се грижеше за се со дромон го извести нашиот град за неговото бегство, наредувајќи притоа да се погрижи за својата безбедност, како и да се собере и резервна храна, ,бидејќи се очекуваше наскоро градот да биде нападнат од народот на Словените...\n...И наспроти очекувањата, кога потрагата по споменатиот Пребонд требаше да пропадне, тој беше неочекувано пронајден на имотото на споменатиот толкувач , криејќи се во трстјето близу до градот Визатанците, тајно снабдуван со храна од жената на толкувачот. И тоа беше резултат на провидението небеско, бедјќи рексот Пребонд таму издржа и остана многу денови, иако местото се наоѓаше на голема оддалеченост од престолниот град, не беше под сомнение, а се наоѓаше и во близина на други словенски племиња, каде што можеше да побегне и да се спаси. Но, како што е речено, по молба на Победоносецот нашиот многумилостив бог мудро го стори тоа чудо, како што ќе разјасниме понатаму преку изјавите на самиот Пребонд.\nОткако беше фатен и одведен во пресреќниот град, го распрашаа за неговото бегство, а тој им раскажа дека побегнал по советот и согласноста на споменатиот толкувач и дека се договориле да го чека, зашто требало да се спаси преку него. Тогаш христољубивиот император, којшто ги надминува сите по својата благочестивост, нареди да се заколе со меч споменатиот толкувач, заедно со жената и своите деца, а Пребонда не го гибна, туку нареди да се стави под стража и тоа слично како и порано, ветивајќи дека ќе го пушти кај нас со некаква гаранција.\nНо, опасниот, демон, непријател на сите, не остана задволен од тоа, туку го поттикна Пребонда пак да избега. А кога овој сакаше замислата да ја спроведе и во дело, неговото решение беше откриено по божјата грижа и јавено за тоа на предобриот император, а исто така и за целта и намерата што ја имал доколку ќе успеало да побегне.\nИ откако беше извршена грижлива истрага, тој изјави дека ако би се вратил во своето место, не би водел повеќе сметка за мирот. Напротив, би ги собрал сите нему околни племиња, и како што е речено, понтаму не би оставил незасегнато место од војната ниту по копно, ниту по море, туку непрекинато ќе војувал и не ќе го оставел жив кој и да било христијанин. И така, со божјата помош беше разоткриена неговата намера и како што е речено, самиот си ја навлече смртта, добијаќи заслужена пропаст, за потоа племињата на споменатите Словени, велам оние од Стримон и Ринхина, а и Сагудатите, наполно да се кренат на оружје против нашиот град Солун.\nИ најпрво тие помеѓу себе решија Словените од Стримон да ги попленат источните и северните краишта, а оние од Ринхина и Сагудатите, западните и приморските, испраќајќи секојдневно сврзани кораби. И тоа тие го вршеа непрекинато скоро две години.\nСекојдневно, како што е речено, тие испраќаа групи од три или четири (кораби), така што градското население на крајот беше премалено и не можеше да го издржи таквото вознемирување и мачење...\n...Но, кога нјапосле кај варварите помина многу народ, (бог) има влеа на непријателите некаква мисла: тие да им го продаваат на словенскиот народ од внатрешноста сите оние што избегале кај нив, за да не се соберат таму во голема маса и да се премислат кога се близу до градот. И откако варварите ја извршија својата намера и некои пребегнаа оттаму со грижата на Победоносецот, тогаш останатите, кои се готвеа да избегаат, почнаа да се воздржуваат, зашто на тој начин скоро целиот град ќе останеше без жители уште пред да го заземат варварите...\nТогаш управата на градскиот совет и граѓаните решија да ја испратат преостанатата бродска опрема, моноксилите заедно со споменатите десет бродови, кај племето на Велегезитите во краиштата на Теба и Деметријада, за најпосле да донесат храна, т.е. да купат од нив сушени плодови, та така да мусе олесни малку на градот. Притоа го имаа предвид и тоа дека останатото, за војна неспособно население до нивното враќање ќе стои непрекинато ваму-таму по ѕидиштата. И така се стана, останаа само сосема нејаките и слабите, додека пак оние што беа телесно силни и во расцутот на возраста, отпловија со своите бродови кај споменатите Велегезити, кои изгледа, одржуваа мирни односи со населението на градот.\nРигесите на племето Драговити еднодушно решија да се наредат во борбен ред кај ѕидиштата за да го заземат градот, не обраќајќи притоа внимание на нејакото и малубројно население. Инаку, беа наполно убедени од некои од истото племе на Словените дека бездруго ќе го заземат градот. Поради тоа тие приготвија против портите огнофрлачкиорудија и некакви направи од исплетени прачки, скали до небо високи, а исто и каменофрлачки и безброј други дрвени направи, како и новоприготвени (направи) за стрели и просто речено, тоа беа работи за кои никој од нашето поколение не беше чул или видел; за многу од нив, досега, дури и имињата не можевме да им ги приведеме. И така, сите Словени од племето Ринхини, заедно со Сагудатите, на дваесет и петти јули, индиктион петти (677 година)...го нападнаа градот, едни по копно, а други по море, со безброј пловни објекти.\n...Бог, кој секогаш им се притечува на помош на оние што ќе го повикаат, веднаш се појави и како прво од чудата што ги стори беше тоа што ги одврати другите варвари, т.е. оние од реката Стримон. Бидејќи тие по своето доаѓање на околу три милји од нашиот од бога чуван град, според склулчениот меќу нив договор, беа вратени од бога преку молитвите на Победоносецот. Како резултат на тоа, пак, целото споменато племе на Ринхините и останатите околни варварски племиња, заедно со Сагудатите, не опсадија на копно и море, пколувајќи го првиот ден целиот град од западниот до источниот ракав, а поопитните во воените работи ги разгледаа сите места од каде што им се чинеше дека ќе е полесно со опсада да го заземат градот. Исто така сојузниците Словени го извидоа заеднички брегот и покрај ѕидиштата довлечкаа и поставија опсадни направи, што беа ги приготвиле за нивното уништување...\n...И кога најпосле се раздени, третиот ден се крена целото варварско племе и едногласно извика, така што целата земја се растресе и ѕидиштата разнишија. И наеднаш, сите (се доближија) до ѕидот со приготвените одбранбени орудија, направи и оган, едните по копно, а другите наредени покрај целиот брег на споените понтони: стрелци, штитоносци, обични пешаци, копјеносци, оние со праќи и раководители на направи, додека најсмелите, пaк, со скали и оган се стрчаа кон ѕидот.\nТака, малата порта, иако изгоре, остана неуништена, а варварите, исплашени, се повлекоа од тоа место. Притоа варварите невидливо дадоа жртви и претрпеа не малку удари и рани и тоа не само на тоа место туку и по целото копно и по морето. И бејќи кај портите и по местата што им изгледаа дека лесно ќе ги освојат и се погодни за борба, на тој начин војуваа три дена, ја понесоа со себе и несреќата со солзи и плач, како и испотепаните водачи од бога преку Победоносецот и ранетите од него и карајќи се меѓу себе се вратија во своите места...По неколку дена и оние што беа кај Велегезитите, се вратија по жито и варива, спасувајќи се благодарејќи на застапувањето на Победоносецот, зашто уште таму дознаа од Словените за спасот на градот...\n''Mirac.,II, p.4; Tougard, p. 148-176''\n2.5 Византија им објавува војна на Струмјаните (677-680 година)\nНо...иако опсадата беше разбиена, сепак не престануваа грабежите, т.е. секојдневните непрекинати напади, туку на споменатиот начин тие од секаде ги напаѓаа од заседа и ги заробуваа поневнимателните.\nИ навистина, тоа што се случи (потоа) беше најголемото чудо, чудо над чудата. Имено, споменатите Словени за својата катастрофа злосторнички измислија и правеа одбранбени орудија и направи за напад на градот, еден измислувајќи нови, непознати направи, друг пак на нов начин правеше мечови и стрели, така што секој ден се стремеше да стекне подобро име и се покаже поактивен од другиот, со што настана вистински натпревар за истакнување пред племенските водачи.\nМеѓу нив се наоѓаше и еден од истиот словенски народ, искусен во однесувањето, делата и расудувањето, а беше таков затоа што имаа голем опит во подготвувањето и правењето на борбени направи. Тој од самиот водач побара дозвола и работна сила за да изработи една подвижна кула од добро сврзани дрва и поставена на тркала и некакви валци умешно конструирани. Беше со намера кулата да ја покрие со тукушто одрани кожи, да ја преградии одозгора да и поставо каменофрлачки и да закова од двете страни мечовидни делови. Одозгора, пак, (требало) да има и круниште каде што би се движеле војниците. Таа би била на три ката и во неа би се сместиле стрелци и тие со прачки. И просто речено, сакал да согради таква направа со која, тврдел тој, со сигурност ќе го освои градот.\nА пак споменатите водачи на Словените беа восхитени од проектот на чудната направа за која зборував, па однесувајќи се со недоверба кон неговите зборови, побараа наземи да го прикаже устројството на споменатата направа. Без да се колеба во тоа, мајсторот што ја измисли ваквата направа, моделот на делото го покажа наземи. Како што реков, убедени за ужасот што ќе се случи тие со готовност му дадоа многу младинци, едни да сечат дрва за основите, други, пак извежбани и силни дрводели, трети искусни ковачи на железа, а четврти тешковооружени војници и стрелци. И (така во изработката) на споменатат направа учествуваа голем број помошници...\n...Најпосле (со посредство на маченикот Димитрија) работата врз многусложената направа беше напуштена...и беше симната и опсадата (на градот)...\n...Од сите Словени, кои отогаш делумно мируваа и го положија своето оружје, единствено оние од Стримон и Ринхина напажаа и пленеа голем број морепловци кои одеа кон престолниот град превезувајќи храни, како и кај островите и тесното море при местата Парион и Проконез, заробувајќи ги притоа заедно со пловните објекти и оние од царинарницата; и така со многу бродови се враќаа дома во своите колиби.\nТогаш господарот на државните работи, од Христа крунисаниот наш император, гледајќи ја упорноста и дрскоста на непријателите не само против нашиот град туку дека се осмелуваат да ги нападнат и самите владетели, побара неговата христољубива војска преку Тракија и од земјите од другата страна да замине во поход против оние од Стримон и тоа не скришно или тајно туку однапред известувајќи ги за нападот против нив. А тие пак откако дознаа, ги зазедоа клисурите и утврдените места и се вооружија за отпор против ромејските војски, барајќи за сојузништво секаква варварска помош од разни водачи.\nНо и во овој (случај), како што е речено, силниот маченик, вооружувајќи се заедно со другите светци, ја возвиши победата над Словените ромејската војска, убивајќи ги во заседи направени од самите нив, нивните храбри предводници и хоплити. И се разбега целото варварско племе, така што некои од оние што беа се вовлекле тајно во нашиот од бога чуван град, ги поттикнаа да се приближат до своите колиби, каде што беа ги оставиле своите семејства, за да земат храна, оставена таму поради неопишливиот страв и колежот што станаа меѓу нив. И можеше да се види како заминуваат победените и граѓаните-бегалци, заедно со жените и децата во колибите околу градот и останатите блиски места, носејќи на рамо жито, варива, друга покуќнина и се друго потребно при бегство; и беа невооружени и полуоблечени, како што обично се случува при патување и жега...\n...Најпосле варварите, принудени од крајната безизлезност, проговорија за мир.\n''Mirac.,II, p.4; Tougard, p. 178-180''\n3 Наводи", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A7%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8", "word_count": 5908, "cyrillic": 0.99}
{"id": "9798", "title": "Момче и девојче", "text": ":Белешка\n:*) Така се прават уште седум стихови. На место „лута ракија се става во вториот „бела погача”, во третиот „слатка вечера“, во четвртиот — „ројноно вино”, во петтиот — „мека постела”, во шестиот — „млада невеста”, во седмиот — „малконо моме” и тогаш легнале и заспале.\n1 Поврзано\n* Македонски народни песни", "subject": ["Македонски лирски народни песни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D1%87%D0%B5_%D0%B8_%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5", "word_count": 47, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9758", "title": "Вечниот бог", "text": "Вечниот Бог слезе и во Дева се всели\nСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи\nЦарот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази\nСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи\nМудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни\nСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи\nДа се поклонат на Господа, во пештера родениот\nСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи\nСите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти\nСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи\nО, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните\nСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи\n0.1 Изворен текст на грчки јазик\nΆναρχος Θεός καταβέβηκεν,\nκαι εν τη Παρθένω κατώκησεν.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΒασιλεύς των όλων και Κύριος\nήρθε τον Αδάμ αναπλάσασθαι.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΓηγενείς σκιρτάτε και χαίρεσθε,\nτάξεις των αγγέλων ευφραίνεσθε.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου έρου έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΔέξαι Βηθλεέμ τον Δεσπότην σου,\nΒασιλέα πάντων και Κύριον\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΕξ Ανατολών Μάγοι έρχονται,\nδώρα προσκομίζοντες άξια.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΖητούν προσκυνήσαι τον Κύριον\nτον εν τω σπηλαίω τικτόμενον.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΉνεγγεν αστήρ μάγους οδηγών\nένδον του σπηλαίου εκόμισεν.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΘεός, βασιλεύς προαιώνιος\nτίκτεται εκ κόρης Θεόπαιδος.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΙδών ο Ηρώδης ως έμαθεν\nόλως εξεπλάγη ο δείλαιος.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΚράζει και βοά προς τους ιερείς\nτους δοξολογούντας τον Κύριον:\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\n«Λέγετε σοφοί και διδάκαλοι\nάρα πού γεννάται ο Κύριος;»\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΜέγα και φρικτόν το τεράστιον\nο εν ουρανοίς επεδήμησεν.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΝύκτα Ιωσήφ ρήμα ήκουσε,\nάγγελος Κυρίου ελάλησεν.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΞένον και παράδοξον άκουσμα\nκαι η συγκατάβασις άρρητος.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΟ μακροθυμίσας και εύσπλαχνος\nπάντων υπομένει τα πταίσματα.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΠάλιν ουρανοί ανεώχθησαν\nάγγελοι αυτού ανυμνήτωσαν.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΡήτορες ελθόντες προσέπεσον\nβασιλέα μέγαν και ένδοξον.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΣήμερον η κτίσις αγάλλεται\nκαι πανηγύρίζει κι ευφραίνεται.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΤάξεις των αγγέλων εξέστησαν\nεπί το παράδοξον θέαμα.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΎμνους και δεήσεις ανέμελπον\nτων πάντων δεσπότην και άνακτα.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΦως εν τω σπηλαίω ανέτειλε\nκαι τοις εν τω σκότει επέλαμψε.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΧαίρουσα η φύσις αγάλλεται\nκαι πανηγυρίζει κι ευφραίνεται.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!\nΨάλλοντες Χριστόν, τον Θεόν ημών,\nτον εν τω σπηλαίω τικτόμενον.\nΈρουρεμ, έρουρεμ\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Δέσποινα!\nΩ Παρθενομήτορ και Δέσποινα,\nσώζε του εις Σε καταφεύγοντας.\nΈρουρεμ, έρουρεμ,\nέρου, έρου, έρουρεμ, Χαίρε Άχραντε!", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B1%D0%BE%D0%B3", "word_count": 470, "cyrillic": 0.212}
{"id": "7661", "title": "Хошеа (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Збор од ГОСПОД што дојде за Хошеа, син на Беери, во деновите на Јудејските цареви Уззија, Јотам, Ахаз и Езекија, и во деновите на Израелскиот цар Јеровоам, синот на Јоаш.\n1 Жената и децата на Хошеа.\n<sup>2</sup>Почна да зборува ГОСПОД преку Хошеа и му рече ГОСПОД на Осија: „Оди, земи си жена блудница и деца од неверство, зашто за блуд, за блуд е виновна земјата и од ГОСПОД застранува.“\n<sup>3</sup>Па отиде тој и се ожени со Гомер, ќерка на Дивлаим. Зачна таа и му роди син.\n<sup>4</sup>Тогаш му рече ГОСПОД: „Дај му име Језреел, зашто брзо ќе го казнам домот на Јеху за крвопролевањето во Језреел и ќе му ставам крај на царството на домот Израелев.\n<sup>5</sup>Во тој ден ќе го скршам лакот на Израел во долината Језреел.“\n<sup>6</sup>Зачнаа таа повторно и роди ќерка. Тогаш му рече ГОСПОД: „Дај ѝ име Ло Рухама, зашто нема веќе да го сакам домот Израелев, ќе го заборавам, сосема ќе го заборавам.\n<sup>7</sup>А домот Јудин ќе го сакам и ќе го спасам, но не со лак, ни со меч, ни со битка, ни со коњи, ни со коњаници, туку преку ГОСПОД, нивниот Бог.“\n<sup>8</sup>Откако ја одби Ло Рухама, зачна и роди син.\n<sup>9</sup>Тогаш ГОСПОД рече: „Дај му име Ло Ами, зашто вие не сте мој народ и Јас не сум ваш Бог.“\n<sup>10</sup>Сепак, бројот на децата Израелеви ќе биде како морската песок, која не може ниту да се измери, ниту да се изброи. На местото каде што им беше кажано: „Не сте мој народ.“, ќе бидат наречени: „Синови на живиот Бог.“\n<sup>11</sup>Тогаш повторно ќе се обединат народот од Јуда и народот од Израел, ќе си назначат еден водач, и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Језреел.\n= Глава 2 =<sup>1</sup>Кажете им на вашите браќа: „Мој народ“ и на сестрите ваши: „Сакана“.\n2 Израел казнет и обновен.\n:<sup>2</sup>’Прекорете ја вашата мајка, прекорете ја,\n:зашто таа не е моја жена\n:и Јас не сум нејзин маж.\n:Нека ги отстрани блудствата од лицето свое\n:и неверствата од меѓу градите,\n:<sup>3</sup>зашто ќе ја соблечам гола,\n:ќе ја направам како од мајка родена,\n:пустина ќе ја направам,\n:во сува земја ќе ја претворам\n:и ќе ја оставам да умре од жед.\n:<sup>4</sup>Децата нејзини нема да ги сакам,\n:зашто тие се деца на блуд.\n:<sup>5</sup>Ете, неверна беше нивната мајка,\n:срамно го направи нивното зачнување,\n:рече: ’Ќе одам по моите љубовници,\n:оние што ми го даваат мојот леб и мојата вода,\n:мојата волна и мојот лен,\n:моето масло и моите пијалоци.'\n:<sup>6</sup>Затоа, гледајте, ќе ѝ го препречам патот со трнови грмушки,\n:ќе ја заградам со ѕид па нема да може да си ги најде патиштата.\n:<sup>7</sup>Ќе трча по своите љубовниците,\n:но нема да ги фати.\n:Ќе ги бара, но нема да ги најде.\n:Тогаш ќе каже: ’Ќе станам и ќе се вратам кај мојот прв маж,\n:зашто тогаш ми беше подобро од сега.'\n:<sup>8</sup>Таа не признаваше дека Јас ѝ го давав житото,\n:младото вино и маслото,\n:сребро и злато истурав врз неа,\n:а тие го употребија за Баал.\n:<sup>9</sup>Затоа ќе се свртам и ќе си го земам моето жито кога ќе созрее\n:и младото вино кога ќе стаса;\n:ќе си ги земам волната и ленот\n:кои им беа давани за да си ја покријат голотијата.\n:<sup>10</sup>Така сега ќе ја покажам развратноста нејзина\n:пред очите на нејзините љубовници\n:и никој нема да ми ја заме од раце.\n:<sup>11</sup>Ќе ги сопрам сите нејзини прослави,\n:годишните славја, Младите Месечини,\n:Саботите - сите нејзини празници.\n:<sup>12</sup>Ќе ги уништам лозата и смоквата нејзина\n:за кои вели: ’Тие ми се плата што ми ја дадоа моите љубовници.'\n:Ќе ги претворам во грмушки па дивите животни ќе ги брстат.\n:<sup>13</sup>Ќе ја казнам за деновите кога на Баалите им палеше темјан,\n:се китеше со прстени и накит и одеше по нејзините љубовници,\n:а Мене Ме заборави.“ - вели ГОСПОД.\n:<sup>14</sup>’Затоа Јас ќе ја намамам,\n:ќе ја одведам во пустината\n:и ќе му зборувам на нејзиното срце.\n:<sup>15</sup>Ќе ѝ ги вратам таму лозјата нејзини,\n:а долината Акор ќе ја претворам во врата на надеж.\n:Ќе ми возврати таму како во деновите на нејзината младост,\n:како во деновите кога дојде од Египетската земја.\n:<sup>16</sup>Во тој ден,“ - вели ГОСПОД - „ќе ме нарекувате Иши,\n:и нема повеќе да ме нарекувате Баали.\n:<sup>17</sup>Ќе ги отстранам имињата на Баалите од нејзината уста\n:и нивните имиња нема повеќе да се повикуваат.\n:<sup>18</sup>Во тој ден ќе склучам за нив завет со полските ѕверови,\n:со птиците небесни и со суштествата по земјата,\n:па лак, меч и битка ќе исфрлам од употреба во земјата\n:и ќе можат да одмараат во безбедност.\n:<sup>19</sup>Ќе те верам за Себе довека,\n:ќе те верам за Себе во праведност,\n:во правда, во љубов и милост.\n:<sup>20</sup>Ќе те верам за Себе во верност\n:и ќе ти стане јасно Кој е ГОСПОД.\n:<sup>21</sup>Во тој ден ќе им возвратам,“ - вели ГОСПОД -\n:„ќе им возвратам на небесата, а тие, тие ќе ѝ возвратат на земјата,\n:<sup>22</sup>и земјата ќе му возврати на житото и на младото вино\n:и на маслото и тие ќе му возвратат на Језреел.\n:<sup>23</sup>Ќе ја посадам за Себе во земјата\n:и ќе ја љубам Немила,\n:и ќе му речам на Не-мој-народ, ’ти си мој народ',\n:а тој ќе рече: ’Боже мој'.\n= Глава 3 =\n3 Помирувањето на Хошеа со неговата жена.\n<sup>1</sup>И ми рече ГОСПОД: „Ајде сега оди, и повторно сакај ја жената која беше сакана од друг и беше блудница, како што ГОСПОД ги сака синовите на Израел, иако тие се свртуваат кон други богови и ги сакаат колачите од суво грозје.“\n<sup>2</sup>Па ја откупив за петнаесет сребреници и за еден хомер и еден летек јачмен.\n<sup>3</sup>Тогаш ѝ реков: „Многу денови ќе мора да живееш со мене. Не смееш да блудствуваш и не смееш да бидеш со маж, а ни јас со тебе.“\n<sup>4</sup>Оти многу денови ќе живеат синовите Израелеви без цар и без кнез, без жртва и без свети камења, без ефод и идоли.\n<sup>5</sup>Потоа ќе се вратат синовите на Израел и ќе го побараат ГОСПОД, нивниот Бог, и Давид, нивниот цар, и ќе дојдат во последните денови треперејќи кај ГОСПОД и кај неговите благослови.\n= Глава 4 =\n4 Обвинение против Израел.\n<sup>1</sup>Слушнете го зборот ГОСПОДОВ синови на Израел, зашто обвинение има ГОСПОД против жителите на земјата:\n:„Ете, нема верност, нема љубов,\n:нема свесност за Бог во земјата.\n:<sup>2</sup>Клетви, лаги, убиства, кражби, блуд\n:- ги преминаа сите граници.\n:После секое крвопролевање следи ново крвопоролевање.\n:<sup>3</sup>Заради ова страда земјата\n:и гинат сите нејзини жители.\n:Умираат ѕверовите полски,\n:птиците небесни и рибите морски.\n:<sup>4</sup>Но нека не подига обвинение човек против човек,\n:зашто твојот народ е како оние што обвинуваат свештеник.\n:<sup>5</sup>Потклекнувате дење, потклекнува пророкот со вас ноќе,\n:затоа ќе ја уништам вашата мајка.\n:<sup>6</sup>Уништен е мојот народ, зашто му недостасува знаење.\n:Затоа што го отфрли знаењето\n:и Јас ќе те отфрлам, да не бидеш Мој свештеник.\n:Затоа што го занемари законот на својот Бог\n:и Јас ќе ги занемарам твоите деца.\n:<sup>7</sup>Колку повеќе се множеа\n:толку повеќе против Мене грешеа.\n:Славата нивна во срам ќе ја претворам.\n:<sup>8</sup>Тие се хранат од гревот на Мојот народ\n:и ненаситни се од неговата неправедност.\n:<sup>9</sup>И вака ќе биде: „Како луѓето, така и свештениците\n:ќе ги казнам за патиштата нивни,\n:ќе им платам според делата нивни.\n:<sup>10</sup>Ќе јадат, ама нема да се наситуваат,\n:ќе блудствуваат, ама нема да се множат,\n:зашто ГОСПОД го напуштија, за да им се препуштат на\n:<sup>11</sup>блуд, старо и младо вино,\n:а тоа го одзема разумот.\n:<sup>12</sup>Мојот народ со дрвени кипови се советува,\n:дрвени столбови му даваат одговор,\n:ете, духот на блудствата го заведува\n:и неверни му се на својот Бог.\n:<sup>13</sup>По врвовите планински жртвуваат\n:и по ридовите палат жртви паленици.\n:Под даб, под топола и теребинт,\n:зашто пријатна е нивната сенка.\n:Ете затоа вашите ќерки се свртеа кон блуд,\n:снаите ваши кон прељуба.\n:<sup>14</sup>Нема да ги казнам ќерките ваши кога ќе блудствуваат,\n:ниту снаите ваши кога ќе вршат прељуба,\n:зашто и самите мажи со блудници спијат\n:и на храмски блудници им принесуваат жртви,\n:а народот е во незнаење и пропаѓа.\n:<sup>15</sup>Иако ти вршеше прељуба, О Израеле,\n:Јуда нека не биде виновен!\n:Не одете на Гилгал,\n:не качувајте се на Бет Авен:и не колнете се: „Жив е ГОСПОД.“\n:<sup>16</sup>Ете, Израел е тврдоглав како тврдоглава јуница.\n:Може ли тогаш ГОСПОД да ги пасе како јагнињата на ливада?\n:<sup>17</sup>Ефраим, оној што се здружи со идоли,\n:оставете го!\n:<sup>18</sup>Им заврши пијалокот,\n:па се предадоа на блуд и блудствуваат.\n:Го сакаат, о како го сакаат срамниот пат владетелите негови.\n:<sup>19</sup>Ќе ги збрише виорот со неговите крилја,\n:нивните жртвеници ќе им донесат срам.\n= Глава 5 =\n5 Пресуда против Израел.\n:<sup>1</sup>Слушнете го ова свештеници,\n:внимавај доме Израелев, начули ги ушите доме царски:\n:„Ете, против тебе е оваа пресуда:\n:’стапица бевте во Миспа:и мрежа распната во Тавор.\n:<sup>2</sup>Бунтовниците длабоко забраздија во колеж\n:и сите нив Јас ќе ги казнам.\n:<sup>3</sup>Го знам Јас Ефраим, Израел не е сокриен од Мене,\n:зашто сега кон блуд се сврте Ефраим,\n:Израел е расипан.\n:<sup>4</sup>Делата нивни не им допуштаат\n:да се вратат кон нивниот Бог,\n:ете духот на блудствата е во нивните срца\n:и ГОСПОД не го познаваат.\n:<sup>5</sup>Гордоста на Израел сведочи против самиот него,\n:а Израел, дури и Ефраим потклекнуваат во сопствениот грев,\n:а со нив потклекнува и Јуда.\n:<sup>6</sup>Со стоката своја и со стадата\n:одат да Го бараат ГОСПОД,\n:но нема да Го најдат, се повлече од нив.\n:<sup>7</sup>На ГОСПОД му се неверни, вонбрачни деца раѓаат.\n:Сега Младата Месечина ќе ги проголта и нив и нивните полиња.\n:<sup>8</sup>Затрубете труба во Гивеа, рог во Рама!\n:Дигнете боен вик во Бет Авен!\n:Зад тебе сме Венијамине.\n:<sup>9</sup>Ефраим ќе биде уништен на денот на пресметката -\n:меѓу племињата Израелеви го објавувам она што е сигурно.\n:<sup>10</sup>Водачите на Јуда се како оние кои разместуваат камења меѓници,\n:врз нив како вода ќе го излеам Мојот гнев.\n:<sup>11</sup>Потиснат е Ефраим, згазен со право,\n:зашто зафатен е само со идоли.\n:<sup>12</sup>А Јас сум како молец за Ефраим,\n:како гнилеж за домот Јудин.\n:<sup>13</sup>Кога Ефраим ја виде својата болест и Јуда својата рана,\n:се сврте Ефраим кон Асирија:и побара помош од големиот цар.\n:Но тој не може да ве излекува,\n:не може да ги исцели вашите рани.\n:<sup>14</sup>Оти Јас ќе бидам како лав за Ефраим,\n:како лав голем за домот Јудин.\n:Јас, Јас нив ќе ги искинам на парчиња и ќе си заминам,\n:ќе ги одведам и ќе нема кој да ги спаси.\n:<sup>15</sup>А Јас ќе се вратам во Моето место\n:сѐ додека не си ја признаат вината и не Ме побараат.\n:Во бедата своја искрено ќе Ме побараат.“\n= Глава 6 =\n6 Израел не се кае.\n:<sup>1</sup>Дојдете да се вратиме кај ГОСПОД,\n:зашто Тој на парчиња нѐ раскина, но Тој и ќе нѐ излечи.\n:Тој нѐ рани, но ќе ни ги превие раните.\n:<sup>2</sup>После два дни ќе нѐ оживее,\n:на третиот ден повторно ќе нѐ крене,\n:за да живееме со Него.\n:<sup>3</sup>Да Го запознаеме, да бараме сите да Го запознаат ГОСПОД.\n:Како изгрејсонце ќе се појави,\n:ќе ни дојде како зимски дожд,\n:како пролетен дожд што ја натопува земјата.\n:<sup>4</sup>Што да ти правам Ефраиме, што да ти правам Јудо?\n:Твојата верност е како утринска магла,\n:како роса која рано исчезнува.\n:<sup>5</sup>Затоа на парчиња ги раскинав преку Моите пророци,\n:ги убив со зборовите од Мојата уста -\n:како молња блеснаа пресудите против нив.\n:<sup>6</sup>Оти за верност сум желен, а не за жртва,\n:за познавање на Бог, а не за жртви паленици.\n:<sup>7</sup>Но и тие, како и Адам,\n:го прекршија заветот и ми беа неверни.\n:<sup>8</sup>Гилеад, град на злосторници,\n:извалкан со траги крвави.\n:<sup>9</sup>Разбојници во заседа го демнат човека,\n:банда свештеници убиваат на патот за Шехем,\n:срамни злосторства прават.\n:<sup>10</sup>Страшни нешта видов во домот на Израел.\n:На блуд се оддал Ефраим,\n:осквернет е Израел.\n:<sup>11</sup>А и за тебе Јуда Тој одреди жетва.\n:Кога ќе го обновам богатството на мојот народ,\n= Глава 7 =:<sup>1</sup>кога ќе го излечам Израел,\n:ќе се изнесе на виделина гревот на Ефраим и злосторствата на Самарија.\n:Тие лажат, крадци по домовите влегуваат,\n:по улиците разбојници ограбуваат.\n:<sup>2</sup>Но не сфаќаат дека сето зло во нивните срца Јас го памтам.\n:Гревовите нивни ги преплавуваат и секогаш Ми се пред очи.\n:<sup>3</sup>Со својата злоба радост му причинуваат на царот,\n:со лагите свои (ги развеселуваат) кнезовите.\n:<sup>4</sup>Сите тие развратни луѓе се како печка разгорена од пекарот.\n:Тој престанува да ја разгорува од кога ќе го замеси тестото,\n:па сѐ додека тоа не се надигне.\n:<sup>5</sup>На денот на нашиот цар кнезовите се зажаруваат од топлината на виното,\n:а тој им подава рака на оние кои се подбиваат.\n:<sup>6</sup>Срцата им се како печка, приоѓаат со сплетки.\n:Нивната страст тлее цела ноќ,\n:а наутро се разгорува како огнен пламен.\n:<sup>7</sup>Сите тие се врели како печка,\n:ги проголтуваат нивните владетели.\n:Сите нивни цареви паѓаат:и нема ниту еден кој Мене Ме повикува.\n:<sup>8</sup>Ефраим со народите се меша.\n:Ефраим е како рамна погача непревртена.\n:<sup>9</sup>Туѓинци му ја цицаат силата,\n:а тој не сфаќа.\n:Главата со седи влакна му е прошарана,\n:а тој не забележува.\n:<sup>10</sup>Дрскоста на Израел сведочи против него,\n:но и покрај тоа тие не се враќаат кај ГОСПОД, нивниот Бог, ниту пак Го бараат.\n:<sup>11</sup>Ефраим е како гулабица лесноумна и глупава.\n:Египет го повикуваат, кон Асирија се свртуваат!\n:<sup>12</sup>Кога ќе тргнат, ќе ја фрлам преку нив мрежата Моја,\n:како птица во воздухот ќе ги соборам,\n:ќе ги уловам кога ќе ги слушнам да се собираат.\n:<sup>13</sup>Тешко на нив зашто застранија од Мене!\n:Уништување за нив зашто се побунија против Мене!\n:Јас би ги избавил, но тие зборуваат лаги против Мене!\n:<sup>14</sup>Не повикуваат кон Мене од срце,\n:туку лелекаат врз нивните кревети.\n:Заради житото и младото вино се собираат и застрануваат од Мене.\n:<sup>15</sup>Јас ги обучив и им дадов сила на нивните раце,\n:а тие против Мене коваат зло.\n:<sup>16</sup>Не се свртуваат кон Севишниот.\n:Тие се како лак во кој не може да се има доверба.\n:Од меч ќе паднат водачите нивни заради нивниот безобразен јазик.\n:Заради ова ќе се подбиваат со нив во земјата Египетска.\n= Глава 8 =\n7 Израел ќе жнее виор.\n:<sup>1</sup>Принесете ја трубата до уста!\n:Орел лета над домот ГОСПОДОВ,\n:зашто тие го прекршија Мојот завет\n:и против Мојот закон се побунија.\n:<sup>2</sup>Израел кон Мене вика: „Боже мој, Те познаваме!“\n:<sup>3</sup>Го отфрли Израел она што е добро,\n:сега непријателот ќе го прогонува.\n:<sup>4</sup>Си поставуваат цареви кои не се Мои луѓе,\n:избираат кнезови кои не ги одобрувам.\n:Со нивното сребро и злато прават идоли за да бидат уништени.\n:<sup>5</sup>Отфрли го телето Самарио!\n:Мојот гнев гори против нив!\n:До кога нема да бидат способни за чистота?\n:<sup>6</sup>Тие се од Израел, а телето занаетчија го направи\n:и тоа не е бог.\n:На парчиња ќе го здробам телето на Самарија.\n:<sup>7</sup>Ете ветер посеаја, виор ќе жнеат!\n:На стеблото клас нема да остане и брашно нема да даде.\n:Кога би и дало, туѓици ќе го изедат.\n:<sup>8</sup>Проголтан е Израел,\n:сега тие се меѓу народите безвредно нешто,\n:<sup>9</sup>оти тие се искачија во Асирија\n:како диво магаре кое талка препуштено само на себе.\n:Ефраим им се продаде на љубовниците.\n:<sup>10</sup>Но иако се продадоа меѓу народите,\n:сега Јас ќе ги приберам.\n:И ќе почнат да се исцрпуваат под угнетувањето на моќни цареви.\n:<sup>11</sup>Иако многу жртвеници подигна Ефраим\n:за да принесува жртви за грев,\n:тие за него станаа жртвеници за грев.\n:<sup>12</sup>Им напишав многу нешта од Мојот закон -\n:како нешто туѓо ги сметаа.\n:<sup>13</sup>Ми принесуваат жртви, дарови за Мене,\n:месото го јадат, но ГОСПОД не е задоволен со нив.\n:Ќе си спомне сега за нивната лошотија\n:и ќе ги казни нивните гревови.\n:Тие во Египет ќе се вратат.\n:<sup>14</sup>Го заборави Израел својот Создател и изгради дворци,\n:Јуда соѕида многу градови утврдени.\n:Оган ќе испратам врз нивните градови\n:и ќе им ги проголтаат тврдините.\n= Глава 9 =\n8 Казна за Израел.\n:<sup>1</sup>Не радувај се Израеле,\n:не весели се како народите,\n:зашто ти Му беше неверен на својот Бог!\n:Платата блудничка ја сакаш на секое житно гумно.\n:<sup>2</sup>Гумното и винската преса нема да ги нахранат,\n:а младото вино ќе потфрли.\n:<sup>3</sup>Нема да останат во земјата ГОСПОДОВА.\n:Ефраим ќе се врати во Египет,\n:а во Асирија ќе јадат нечисто.\n:<sup>4</sup>Нема да му полеваат на ГОСПОД вино,\n:ниту ќе Му бидат пријатни нивните жртви.\n:Како лебот на ожалостениот ќе Му бидат\n:и сите кои ќе ги јадат ќе бидат нечисти.\n:Ете, нивната храна ќе биде само за нив\n:и нема да влегува во храмот ГОСПОДОВ.\n:<sup>5</sup>Што ќе правите во деновите на вашите свечености,\n:на денот кога е празник ГОСПОДОВ?\n:<sup>6</sup>Дури и да го избегнат уништувањето,\n:Египет ќе ги собере, Мемфис ќе ги погреба.\n:Среброто, нивното богатство капината ќе им го преземе.\n:Трње ќе завладеат во нивните шатори.\n:<sup>7</sup>Нека знае Израел - идат денови за казна,\n:идат денови за пресметка!\n:За неразумен го сметате пророкот,\n:за луд вдахновениот човек,\n:заради многуте ваши гревови и големата омраза.\n:<sup>8</sup>На човекот кој го чува Ефраим,\n:кој е со мојот Бог,\n:на пророкот, примки му поставувате по сите негови патишта\n:како да е дива птица.\n:Раздор владее во домот Божји.\n:<sup>9</sup>Длабоко потонаа во расипаност како во деновите на Гивеа.\n:Ќе си спомне Тој за нивната лошотија\n:и ќе ги казни нивните гревови.\n:<sup>10</sup>Како грозје во пустина го најдов Израел,\n:како првите плодови на смоквата ги видов вашите татковци,\n:а тие отидоа кај Баал Пеор:и им се посветија на срамни нешта,\n:станаа исто толку одвратни како и она што го засакаа.\n:<sup>11</sup>Како птица ќе одлета славата на Ефраим.\n:Нема да има ни раѓање,\n:ни бременост, ни зачнување.\n:<sup>12</sup>Дури и ако одгледаат деца, Јас ќе ги напуштам.\n:О, тешко ним кога Јас ќе им свртам грб.\n:<sup>13</sup>Ефраим е како Тир,\n:на убаво место посаден,\n:но Ефраим децата свои на клање ќе ги води.\n:<sup>14</sup>Дај им ГОСПОДИ што ќе им дадеш,\n:дај им утроба јалова,\n:дојки пресушени.\n:<sup>15</sup>Заради сета нивна лошотија во Гилгал\n:Јас ги замразив.\n:Заради грешноста на нивните постапки\n:од Мојот дом ќе ги избркам.\n:Нема повеќе да ги сакам нивните водачи -\n:сите до еден бунтовници.\n:<sup>16</sup>Пепелница го погоди коренот на Ефраим,\n:се исуши, плод веќе не дава.\n:Дури и да родат децат,\n:Јас ќе ги погубам нивните мили потомци.\n:<sup>17</sup>Ќе ги отфрли нив мојот Бог,\n:зашто тие не Му беа послушни,\n:па ќе станат скитници меѓу народите.\n= Глава 10 =:<sup>1</sup>Лоза нашироко разлозена беше Израел.\n:Богат род роди.\n:И колку повеќе плод му се раѓаше,\n:тој повеќе жртвеници градеше.\n:Колку повеќе неговата земја напредуваше,\n:тој повеќе ги засакуваше светите камења.\n:<sup>2</sup>Измамничко е срцето нивно\n:и сега вината мора да си ја сносат.\n:Ќе им ги разруши Тој жртвениците,\n:ќе им ги урне светите камења.\n:<sup>3</sup>Тогаш ќе речат: „Немаме цар:зашто не Го почитувавме ГОСПОД.\n:А цар и да имавме, што може тој да направи за нас?“\n:<sup>4</sup>Даваа ветувања, лажно се колнеа,\n:договори склучуваа,\n:а судските спорови се множеа како отровен плевел по ораница.\n:<sup>5</sup>За телето на Бет Авен:се плашеше народот на Самарија.\n:Ете сега луѓето и идолските свештеници,\n:кои ѝ се радуваа на неговата велелепност,\n:тагуваат по него,\n:зашто одземено им е и однесено е во прогонство.\n:<sup>6</sup>Во Асирија ќе биде однесено\n:како данок за големиот цар.\n:Немилост врз Ефраим ќе падне,\n:а Израел ќе се засрами од неговите советници.\n:<sup>7</sup>Ќе отпловат Самарија и нејзиниот цар\n:како сламка на водената површина.\n:<sup>8</sup>Уништени ќе бидат возвишенијата на злото,\n:гревот на Израел.\n:Трн и чички ќе растат по нивните жртвеници.\n:Тогаш ќе им кажат на планините - прекријте нѐ,\n:и на ридовите - паднете врз нас.\n:<sup>9</sup>Уште од деновите на Гивеа грешеше Израеле,\n:а таму и си остана.\n:Не ги порази ли војна злосторниците од Гивеа?\n:<sup>10</sup>Кога ќе Ми се посака тогаш ќе ги казнам.\n:Ќе бидат собрани против нив народите,\n:за да ги оковаат во ланци за нивните двојни гревови.\n:<sup>11</sup>А Ефраим е јуница добро обучена,\n:која сака да врши,\n:затоа ќе ѝ ставам јарем на нејзиниот гол врат.\n:Ќе го впрегнам Ефраим, Јуда ќе мора да ора,\n:Јаков ќе мора да брани за него.\n:<sup>12</sup>Посејте според правдата,\n:ожнејте ги плодовите на верната љубов.\n:Разорајте ја неразораната земја,\n:зашто време е да се бара ГОСПОД,\n:сѐ додека Тој не дојде и не излее врз вас правда како дожд.\n:<sup>13</sup>Посеавте лошотија, зло ожнеавте.\n:Го јадеше плодот на измамата,\n:затоа што се потпираше на сопствената сила,\n:на твоите многубројни војници.\n:<sup>14</sup>Ќе се дигне боен вик против твојот народ\n:и сите твои тврдини ќе бидат разурнати,\n:како што Шалман го уништи Бет Арвел во денот на битката,\n:мајка со деца собори на земја.\n:<sup>15</sup>Еве ова ќе ве снајде Бет Ел, заради вашата голема лошотија.\n:В зори, сосема ќе биде уништен царот на Израел.\n= Глава 11 =\n9 Божјата љубов за Израел.\n:<sup>1</sup>’Кога Израел беше дете го сакав\n:и од Египет го повикав Мојот Син.\n:<sup>2</sup>Но колку повеќе ги повикував,\n:толку повеќе тие од Мене бегаа.\n:На Баали им принесуваа жртви,\n:на леани богови им палеа темјан.\n:<sup>3</sup>Ете Јас го научив Ефраим да оди,\n:за раце го држев,\n:но тие не сфатија дека Јас ги излекував.\n:<sup>4</sup>Ги водев со врските на љубовта како со оглавник за луѓе.\n:За нив бев како Оној Кој од вратот им го симнува јаремот.\n:Се приврзав кон нив и ги хранев.\n:<sup>5</sup>Нема ли пак во земјата Египетска да се вратат\n:и нема ли Асирија да владее со нив,\n:затоа што одбија да се покаат?\n:<sup>6</sup>Меч ќе блесне во нивните градови,\n:ќе ги уништи лостовите на нивните портите\n:и ќе им стави крај на нивните намери.\n:<sup>7</sup>Мојот народ решил да Ми врти грб.\n:Дури и ако повикаат кон Севишниот,\n:нема да им возврати.\n:<sup>8</sup>Како да се откажам од тебе Ефраиме?\n:Како да те предадам на друг Израеле?\n:Како да се однесувам кон вас како кон Адма?\n:Можам ли да ве направам како Севоим?\n:Се промени во Мене Моето срце.\n:Сето Мое сочувство се разбуди.\n:<sup>9</sup>Нема да ја спроведам мојата огнена лутина,\n:нема да го опустошам Ефраим,\n:зашто Јас сум Бог, а не човек,\n:Светиот среде тебе,\n:и нема да ти дојдам со гнев.\n:<sup>10</sup>ГОСПОД тие ќе Го следат,\n:а Тој како лав ќе рика.\n:Кога Тој ќе рикне,\n:ќе дојдат треперејќи децата од запад.\n:<sup>11</sup>Ќе дојдат треперејќи\n:како птица од Египет,\n:како гулабица од земјата Асирска,\n:па ќе ги населам по нивните домови.“ - вели ГОСПОД.\n10 Гревот на Израел.\n:<sup>12</sup>Ефраим со лага ме опколи,\n:со измама домот Израелев,\n:а Јуда е сѐ уште своеглава против Бог,\n:против верниот Светец.\n= Глава 12 =:<sup>1</sup>Ефраим со ветер се храни.\n:Трча по источниот ветер по цел ден,\n:лага и насилство умножува.\n:Спогодба со Асирија склучи,\n:а на Египет му испрати масло.\n:<sup>2</sup>Ете ГОСПОД има обвинение против Јуда,\n:ќе го казни Јаков,\n:според неговите патишта,\n:според неговите дела ќе му плати.\n:<sup>3</sup>Во утробата братот за пета го фати,\n:во својата мажественост со Бог се бореше.\n:<sup>4</sup>Се бореше со ангелот и го победи.\n:Плачеше и за милост го молеше.\n:Го најде во Бет Ел:и таму зборуваше со него.\n:<sup>5</sup>Ете ГОСПОД, Бог Семоќен,\n:Јахве е Неговото славно име.\n:<sup>6</sup>А ти врати се кај својот Бог!\n:Запазувај ги љубовта и правдата\n:и секогаш надевај се на својот Бог!\n:<sup>7</sup>Трговецот в рака држи нечесни мерки,\n:сака да поткраднува.\n:<sup>8</sup>Многу се фали Ефраим: „Богат сум, си најдов богатство.\n:И покрај сите мои богатства,\n:нема да се најде кај мене неправичност или грев.“\n:<sup>9</sup>Ете Јас, ГОСПОД, вашиот Бог\n:Кој од земјата Египетска ве избави,\n:пак ќе ве направам да живеете во шатори како во празничните денови.\n:<sup>10</sup>Им зборував на пророците\n:и многу виденија им дадов,\n:преку пророците параболи ви кажував.\n:<sup>11</sup>Зол е Гилеад.\n:Тие се сосема безвредни.\n:Во Гилгал волови жртвуваат,\n:а жртвениците им се како купишта камења по изорано поле.\n:<sup>12</sup>Јаков побегна во земјата Арамска,\n:и служеше Израел за жена,\n:за жена чуваше овци.\n:<sup>13</sup>ГОСПОД преку пророк го избави Израел од Египет\n:и преку пророк се грижеше за него.\n:<sup>14</sup>Но Ефраим горко Го предизвикуваше на гнев,\n:и крвнината негова нема да се прости.\n:Заради презирот негов ГОСПОД ќе му плати.\n= Глава 13 =\n11 Божјиот гнев против Израел.\n:<sup>1</sup>Кога Ефраим зборуваше луѓето трепереа.\n:Прочуен беше тој во Израел,\n:но згреши славејќи го Баал и погина.\n:<sup>2</sup>А сега уште повеќе грешат,\n:си прават идол од сребро според својот ум, леани богови.\n:Сите тие се дела на занаетчија.\n:За нив се зборува дека луѓе жртвуваат и телето го бакнуваат.\n:<sup>3</sup>Затоа ќе бидат како утринска магла,\n:како роса рано што исчезнува,\n:како плева што се одвејува од гумното,\n:како чад што излегува од прозорец.\n:<sup>4</sup>Но Јас сум ГОСПОД, вашиот Бог,\n:Кој ве изведе од земјата Египетска,\n:и нема да познавате друг бог освен Мене,\n:ќе немате друг Спасител освен Мене.\n:<sup>5</sup>Јас се грижев за вас во пустината,\n:во земјата на врели горештини.\n:<sup>6</sup>Кога ги нахранив се заситија.\n:Кога се заситија се возгордеа нивното срце,\n:затоа Ме заборавија.\n:<sup>7</sup>Затоа ќе им дојдам како лав,\n:како леопард крај патот ќе ги демнам.\n:<sup>8</sup>Ќе ги нападнам како мечка на која ѝ ги грабнале младенчињата.\n:Ќе ги распорам сѐ до срцето.\n:Ќе ги проголтам како лав.\n:Дивите животни на парчиња ќе ги дерат.\n:<sup>9</sup>Ќе те уништам Израеле,\n:зашто си против Мене, твојот Помошник.\n:<sup>10</sup>Каде е твојот цар да те спаси?\n:Каде се управителите на сите твои градови?\n:Каде се сите оние за кои велеше:\n:„Дај ни цар и кнезови!“?\n:<sup>11</sup>Ти дадов цар во лутина\n:и ти го зедов во гнев.\n:<sup>12</sup>Добро се чува вината на Ефраим,\n:запишан е неговиот грев.\n:<sup>13</sup>Болки на родилка му дојдоа,\n:а тој е дете неразумно.\n:Кога времето му дојде,\n:не ја отвори утробата.\n:<sup>14</sup>Од власта на гробот ќе ги откупам,\n:од смртта ќе ги избавам.\n:Каде е сега смртниот помор?\n:Каде е гробу твојата уништувачка сила?\n:Сочувството ќе биде сокриено од моите очи,\n:<sup>15</sup>иако тој меѓу своите браќа напредува,\n:ќе дувне од пустината источен ветер,\n:ветер од ГОСПОД,\n:ќе секне неговиот извор,\n:бунарот ќе пресуши.\n:Ќе ги ограби од амбарите сите негови богатства.\n:<sup>16</sup>Народот на Самарија мора да сноси вина,\n:затоа што се побунија против својот Бог.\n:Од меч ќе паднат,\n:малите меѓу нив ќе бидат смачкани на земја,\n:бремените жени ќе бидат распорени.\n= Глава 14 =\n12 Покајание кое носи благослов.\n:<sup>1</sup>Врати се Израеле кај ГОСПОД, твојот Бог!\n:Ете ти падна заради твојот грев.\n:<sup>2</sup>Најди зборови и врати се кај ГОСПОД!\n:Кажи Му: „Прости ни ги сега сите наши гревови\n:и прифати ги благонаклоно плодовите од нашите усни.\n:<sup>3</sup>Асирија не може да нѐ спаси,\n:а ние на боен коњ нема повторно да се искачиме\n:и никогаш повеќе нема да им кажеме\n:на делата на сопствените раце: ’богови наши',\n:зашто во Тебе сиракот наоѓа милост.“\n:<sup>4</sup>’Ќе ја излекувам нивната своеглавост\n:и ќе ги сакам во слобода,\n:зашто се сврте Мојот гнев од нив.\n:<sup>5</sup>Ќе бидам роса за Израел\n:и тој ќе цвета како лилјан,\n:ќе ги пушти корените длабоко како (кедрите од) Либан.\n:<sup>6</sup>Ќе растат фиданките негови\n:и величественоста негова ќе биде како маслиново дрво,\n:а мирисот како (кедрите од) Либан.\n:<sup>7</sup>Ќе живеат повторно луѓето во сенка,\n:ќе класаат како жито,\n:ќе расте бујно како лоза од Либан славата негова.\n:<sup>8</sup>Ефраиме, што уште барате од идолите?\n:Јас ќе ви дадам одговор,\n:ќе се грижам за вас.\n:Јас сум како зелено борово дрво.\n:Твојата плодност од Мене доаѓа.\n:<sup>9</sup>Кој е мудар ќе сфати,\n:кој е паметен ќе разбере.\n:Ете праведни се патиштата ГОСПОДОВИ\n:и праведните одат по нив,\n:а бунтовните потклекнуваат на нив.\n13 Забелешки", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D1%88%D0%B5%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 4447, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10014", "title": "Цар Александар", "text": ":Белешка\n:*) Едни вељат че врза шишето на грлото од гол’б, кому опашката се скина од планините; а други вељат, че опашката од коњот му се скина.\n**) Која се викала Роксандра.", "subject": ["Македонски народни приказни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D0%B0%D1%80_%D0%90%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80", "word_count": 31, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9751", "title": "Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова (2024)", "text": "Почитувани граѓани,\nПочитуван Претседател на Собранието, г. Гаши,\nПочитуван Претседател на Владата, г. Мицковски,\nПочитувани пратеници во Собранието,\nПочитувани министри,\nЦенети претставници на правосудните органи,\nПочитувани претставници на верските заедници,\nПочитуван началник на Генералштабот,\nЦенети претставници на дипломатскиот кор,\nПретставници на медиумите, дами и господа,\nНајпрвин нешто околу мојата филозофија за претседателската функција.\nИм се обратив најпрво на граѓаните, без оглед на каква било припадност, за да го адресирам мојот и вашиот суверен во Русоова смисла на зборот: граѓанинот и народот како демос, односно како збир на индивидуи. Зошто? Затоа што, без демос нема демократија! Во оваа смисла Уставот вели дека „суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните!\nЧест ми е да Ви се обратам седум и пол месеци месеци по изборот. Но, голема одговорност е да се оправда легитимитетот чијшто извор се 561.000 граѓани. Основното што го правам е да ја претставувам Републиката, дома и во странство, во духот на Уставот: како суверена, самостојна, демократска и социјална држава.\nЌе се обидам да го предочам најважното од она што сум го сторила, но и да укажам на започнатото, односно претстојното, ќе ги нотирам важните проблеми и дилеми, ќе понудам можни решенија за нив, во духот на мојата програмска визија и мисија.\nНајпрво, градењето стандардна европска држава со демократски политички систем е мојата основна цел. Слободата, правото и правдата се мојата идеологија. Повикувањето и почитувањето на националното, европското и меѓународното право е моето политичко оружје. Одбраната на државниот и националниот интерес е мојот основен политички мотив.\nМој основен политички инструмент во внатрешната политика беше и остана дијалогот воден со добра волја и заснован на аргументи. За мене, единствениот делотворен и плодотворен механизам во меѓународните односи е базичниот консензус за државните и националните прашања, а тој секогаш ги надминува партијата, идеологијата и личниот интерес.\nВо надворешната политика, свесна за подредената улога на малите држави во меѓународните политички односи, секогаш упатувам на очигледните последици од реал- политиката: војната и вооружувањето, како и на еминентната потреба од враќање и реафирмирање на мировните концепти и на меѓународното право, активирање на меѓународните организации, институции и судови, ако не сакаме да завршиме во нео- трибализам и во самоуништување.\nНикој не е невин во оваа ужасна реалност, со чинење или со нечинење, односно немо гледање. ООН не смее да ја доживее судбината на Лигата на народите, дозволувајќи хомоцид и екоцид, како и толерирање на грубото кршење на неговите основни документи: Повелбата, Универзалната декларација за човековите права и бројните конвенции на Генералното собрание како и пресуди на судот во Хаг. ЕУ лидерите пак, никогаш не треба да изумат дека Европската заедница беше мировен проект што требаше да гарантира вечен европски Кантов мир, а денес европски држави војуваат.\nЗнам дека реалистите ќе коментираат дека е чудно кога ја критикувам ЕУ заради односот кон нас, геополитички измислените западнобалканци, оти ние целиме кон ЕУ, а не ЕУ кон нас, ама и јас, што би рекол професорот Џозеф Вајлер имам право критички да размислувам за неа, за Европа, за ЕУ, како Балканка којашто се доживува како Европејка што очекува европско однесување на ЕУ кон нас и кон т.н. „Западен Балкан“.\nНеколку месеци, на секоја мултилатерална или билатерална средба ја акцентирам нужноста од проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Укажувам на логиката на ЕУ-доктрината „единство на различности“, како нејзин modus vivendi, која не може да важи само за нејзините членки, туку мора да важи и за кандидатите, па и за кандидатите за кандидати. Во спротивно, ниту има преговори, ниту има разговори. Има еврократија изразена во формулата: „Слушај, молчи и извршувај“ оти имам неограничено право на вето!\nНо, признавам, за мене, ЕУ сè уште е најпосакуваниот демократски политички систем и наш дом. Не случајно, денес, граѓаните на членките на ЕУ имаат подобро мислење за нејзиниот демократски капацитет, од оној на своите национални власти, со единствен исклучок на Луксембург. Ова важи и за Франција и за Германија.\nВо бројните средби со ЕУ- претставниците укажувам на некои парадокси: прво, Европската заедница со децении повикуваше на рушење на авторитарните системи, тогаш, има морална обврска за солидарност со нив, со нас по падот на комунизмот; второ, профитната логика на западните економии бара поголем пазар и работната сила, а ние сме тука; трето, стабилноста на европскиот континент зависи и од Истокот, вклучувајќи го и Западниот Балкан, како геополитички ентитет; четврто, лоциран меѓу Европа и Блискиот Исток како конгломерат на култури и религии отсекогаш Балканот се перципирал како потенцијална конфликтна зона; петто, ние Балканците и оние пред нас, секогаш сме се перципирале себеси како Европејци, па европската интеграција е навистина е недовршена без нејзиниот европскиот југоисточен дел.\nВреме е за храбар, фундаментален ЕУ-исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација, односно реинтеграција на нашиот регион. Еве зошто. Балканот е природен дел на Европа: географски, историски и културно. Европската идеја е уникатна политичка филозофија поддржана од сите политички актери, партии, но и граѓани во регионот. ЕУ – членството ќе биде моќен мотив за демократски промени во регионот, што трајно ќе овозможи крај на заканата и дестабилизацијата, односно од фрустрираните националисти и ќе гарантира траен мир. Целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, а со тоа и крај на балканизацијата како феномен, бришејќи ги границите меѓу балканските држави. И, на крајот, Западниот Балкан не е никаков проблем за апсорбциониот капацитет на Унијата!\nНекои западни политолози метафорично пишуваат за Западниот Балкан дека е ЕУ-Ахилова петица. Ако е така, ниту Париз не смее да нишани во неа, а Берлин и Брисел, не смеат да дозволат да биде на нишан.\nИскрено, по децениско отсуство на стратегија за регионот, во Планот за раст и во реформските агенди, а особено во нашата Реформска агенда, препознавам стратешки пристап, но и конкретни реформи со рокови и финансии, со што се гарантира и стимулира процесот од обете пријателски страни. Токму затоа, не смееме да дозволиме ни тие, ни ние, наместо на реализирање на стратешките цели и предизвици и на реформите, енергијата и времето да ги насочиме кон историјата, во согласност со Заклучоците на Советот и протоколите, односно замислете записниците.\nАко зборуваме за Pacta sun servanda, тогаш да посочам дека во Договорот за добрососедство и пријателство нема ниту еден збор за уставни измени!\nДозволете ми да кажам нешто за одбраната и безбедноста.\nНе случајно, статусот на претседателот „врховен командант на вооружените сили“ е гарантиран во посебен член, членот 79, став (2) на Уставот, а не во листата на надлежностите од членот 84 и амандманот XXII. Причината лежи во логичната врска меѓу претседателот, претседателката кој ја персонифицира државата и вооружените сили што ги штитат нејзиниот територијален интегритет и независноста.\nКусото искуство на врховна командантка на вооружените сили е доволно долго за да сфатам зошто нашата армија континуирано ужива највисок углед меѓу граѓаните. И од оваа говорница дозволете ми да изразам должна почит кон нашата армија, односно кон нејзините воени и цивилни припадници. Редовните извештаи на претходниот и сегашниот началник на Генералштабот за извонредните резултати и кредибилноста на нашите учесници во многу воени школи, мисии и активности, ме прави горда на нив. Присуствував на неколку воени вежби и настани и се импресионирав од манифестираната воена подготвеност и демонстрираните вештини. Ги посетив опожарените предели и ги видов војниците и старешините соочени со огнената опасност. Чув извонредно мислење за стручноста и компетентноста на првите луѓе на нашата армија од нашите стратегиски партнери и високи претставници на НАТО, покажана и докажана во процесот на едукација, но и на терен, односно на дело. Видов високи признанија и награди за постигнатите резултати. Се импресионирав од темелноста на извештајниот документ, како и од аргументацијата за борбената готовност на Армијата за 2024 година од началникот на Генералштабот, г. Лафчиски. Очекувам наскоро предлози од него за унапредување во генералски чинови. Посакувам меѓу нив да има и жени.\nСо министерот за одбрана имам одлична соработка. Обајцата сме цврсто решени да се избориме за подобри услови за живот и работа на Армијата, којашто, иако е мала, важи за професионална и функционална, почитувана НАТО-армија, способна да ги штити територијалниот интегритет и независноста на Републиката, во услови на новото и сложено безбедносно опкружување, како и рамноправно да учествува во значајните мировни мисии.\nНо, далеку од тоа дека им се радувам на војните и на оружјата. Иако посакувам како Хемингвеј да се збогуваме со нив, сепак, свесна сум дека промената на доктрините на војување наметнува потреба од адаптирање на нашата Стратегија за одбрана на глобалните предизвици.\nТоа бара инвестиции во одбраната, вклучително и во напредните технологии и оружја, заради усогласеноста со НАТО-стандардите и Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија, што ја водиме.\nИскрено, преферирам поголеми инвестиции во заштитата на животната средина, образованието, науката, здравството, културата, спортот и социјалната заштита, односно во подобрувањето на животот на македонските граѓани, но регионалната, европската, блискоисточната и светска реалност, оптоварени со воени и терористички ризици наметнува други неочекувани потреби и активности.\nЗначи, добриот одбранбен систем може да го направиме уште подобар.\nНапредокот во Армијата мора да се темели на јасно утврдени и прецизно нормирани критериуми, со акцент на стручноста, компетентноста и етичките стандарди. Морам да кажам дека нема интерес, ниту сила што може да ме натера мене, или убеди да го жртвувам владеењето на правото.\nВажна алка во заштитата на националната безбедност на државата, нејзините економски и политички интереси, независноста, суверенитетот, уставното уредување и основните слободи и права на човекот и граѓанинот е Агенцијата за разузнавање, која во согласност со член 2 од Законот за Агенција за разузнавање собира разузнавачки информации за закани и ризици од странство.\nПо триесет години машка доминација на највисоко ниво, односно директори од машки пол, водена од стручноста и компетентноста како примарни услови, но и од новите предизвици за современото разузнавање врзани за информатиката, решив да посегнам по промени, именувајќи на чело на Агенцијата две жени, од редот на веќе вработените на раководни функции. Набрзо се соочив со правно и етички незаснован обид моите одлуки за разрешувања и именувања на раководните лица во Агенцијата да се оспорат како дискриминаторски, замислете, по основ на пол и политичка припадност. Но, Државната комисија за заштита од дискриминација донесе мислење дека не постои дискриминација. Од женски агол, од мој агол, е интересен фактот дека за 30 години машко директорување, немало дискриминација по пол, ама кога две жени биле именувани за директорка и заменик-директорка, „се случила“ дискриминација по пол. Обвинението за дискриминација врз основа на политичка припадност не можам да го разберам со оглед на законскиот императив за политичка неутралност во работата, како и примарниот факт дека обете именувани биле на раководни функции во времето на директорувањето на претходниот иницијатор.\nИменувањата на раководните лица ги направив водена од принципот на меритократија. Најдобрите, а не партиските за мене се најподобните и треба да бидат на најодговорни позиции. Повторувам, јас постапувам како правник во политиката, а не како политичар во правото.\nБи сакала да ве информирам за мотивот од кој се водев при именувањето на тројцата членови во Советот за безбедност со кој претседавам. Имено, именував: докторка по правни науки и експертка за евроинтеграции; доктор по метеоролошки науки и експерт за климатски промени и доктор по економија и одличен и почитуван познавач на меѓуетничките односи.\nЗа експертка по евроинтеграции се одлучив заради промисла на честите предупредувања за опасност од дестабилизација ако не ги отвориме преговорите со ЕУ, сега и веднаш. За експерт за климатска акција се определив заради хроничното и акутно загадување како закана за националната безбедност. За познавач на меѓуетничките односи се определив заради тоа што добрите меѓуетнички односи, беа и се важна претпоставка за остварување на планираните реформи за прогрес и соживот.\nПовторувам, Советот за безбедност може да одигра важна улога во мултидимензионалниот пристап во справувањето со загаденоста. Мора да ги приспособиме нашите безбедносни, одбранбени, енергетски, здравствени и други системи на овој повеќедимензионален предизвик.\nПрашањето на загадувањето заслужува исклучително внимание, тесна соработка со невладините организации, формирање хетерогено тело и постојана и координирана работа на Владата, Собранието, невладиниот сектор, локалните власти.\nПред да биде доцна треба да се посветиме и на дигиталната безбедност, односно да се соочиме со дигиталните закани. Некои од клучните битки денес се водат на дигиталното бојно поле, каде што преку дезинформации се шират предрасуди, омраза и се влијае на клучни одлуки. Наместо пасивно да чекаме да ни се случи сајбер-напад, мора да градиме отпорност кон дигиталните закани и да ја штитиме нашата критична дигитална инфраструктура. Треба да се размислува и за формирање институција/орган/тело што ќе се грижи за дигиталната безбедност односно заштитата од злоупотребата на вештачката интелигенција за генерирање дезинформации, кражба на лични податоци, дискриминирање на ранливи популации и друго.\nВо програмата ја актуализирав потребата од формирање Регионален центар за извонредност на жените, мирот и безбедноста заради поголема вклученост на жените во одбранбениот и безбедносниот систем. Фактот дека заменик-генерална секретарка на НАТО е Македонка, е можност, во партнерство со НАТО, оваа идеја да стане реалност со позитивни ефекти врз регионот, но и пошироко.\nПосебно околу надворешната политика.\nЧленството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет. Брисел е македонската стратешка дестинација. Нашата надворешна политика целосно е усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ а и другите можат да бидат тоа.\nСметам дека евроинтеграцијата е процес на учење не само за кандидатите, како нас, туку и за ЕУ, односно членките. Се надевам дека, по 20 години и ние ја научивме лекцијата дека државните интереси се градат овде консензуално, и се бранат консензуално, како што веќе истакнав на почетокот, но и дека ЕУ сфати, или мене така ми се чини, дека не смее да ја повтори грешката при распадот на Југославија, кога немаше јасна стратегија за регионот, доцнеше со појавувањето, не инсистираше цврсто на мирна дисолуција.\nВерувам дека патот кон Брисел може да се изоди полесно и побрзо ако сите ние: претседателката, Собранието, Владата, судството, власта, опозицијата, невладиниот сектор, медиумите, функционираме како добро синхронизиран, извежбан и искусен оркестар, на чиј репертоар редовно е симфонијата „владеење на правото“ со која треба да настапиме на финалиот концерт во Брисел. Но, на членовите на оркестарот, како и на публиката им е потребна заслужена, стандардна валоризација на стореното од страна на европските евалуатори, низ призма на најважните конститутивни документи на ЕУ: Лисабонскиот договор и Конвенцијата за фундаменталните права, но и најважните меѓународни документи кон кои пристапи ЕУ, како Повелбата на ООН и Европската конвенција за човекови права. Или, поинаку кажано: Дали сме ја хармонизирале нашата легислатива со европското право и дали функционираме врз основа на европските стандарди, односно Копенхагенските критериуми? Усогласениот настап на македонските носители на власт во меѓународните односи е доказ за сериозна држава и државнички политички пристап, а различниот, за слаба држава. Истово важи за конзистентноста на ставовите. Тие се усогласуваат дома, тука, а надвор се бранат од сите.\nНие, јас, премиерот и министерот за надворешни работи, но и сите други министри ги градиме и усогласуваме ставовите дома, а надвор настапуваме како хармонично трио и хор. Имаме став, го презентираме и браниме со аргументи. Нашите ставови, од една страна, кореспондираат со оној на мнозинството граѓани, оти од нив сме го добиле мандатот, а од друга, се темелат на европското и меѓународното право, се повикуваат на компаративните и претходните искуства и инсистираат на неселективен пристап.\nДобро е да сме усогласени и да се усогласуваме и со опозицијата зашто така ќе ја зајакнеме преговарачката и државна позиција, ама за тоа треба државнички профили и жртви од обете страни.\nМоже некој да не сака да види или да не признава, ама јас сметам дека односот кон нас и кон нашата држава не е ист како претходно: доволно е да се следи говорот на амбасадорите, како и на највисоките претставници на ЕУ и да се спореди со оној пред и за време на изборите, па да се воочи разликата, ако се сака, се разбира. Еден од најупотребуваните зборови е дебилатерализација на преговарачкиот процес, елиминирање на билатералните прашања од евроинтеграцијата. Искрено, требаше време, знаење и волја да дојде до промена на ЕУ-вокабуларот и односот. Верувајте ми немаше билатерална или мултилатерална средба, дебата, конференција, на кое било ниво, на која не укажувавме на опасноста од вирусот на билатерализацијата, односно само една држава со своите потези да ги поништи напорите и успесите на полето на кластерите и поглавјата и да ве држи во место, или дури и да ве врати назад, без објективна причина, само од субјективен, па и ирационален мотив, што фрла сенка на неизвесност и го дискредитира процесот. Жртва на ветото не сме само ние, и нема да бидеме само ние, туку и оние што исчекориле понапред во отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите. Може да се каже дека и ЕУ е реална или потенцијална жртва на едногласноста во несоодветните случаи и ситуации, поради топење и губење на кредибилитетот. Сепак, за мене најголема жртва се вредностите и принципите на ЕУ, без кои, таа не е или не се перципира како супериорна, вредносно втемелена заедница (polity). Нашите добронамерни укажувања и предупредувања, по темелна елаборација и консултација со експерти, наидуваат на разбирање кај нашите регионални соседи, кои не се изземени, ниту се имуни на ветото, туку директно засегнати, но и кај многу објективни, мислечки, демократски настроени политичари, функционери на ЕУ. Се разбира, најгласни беа и се, експертите на различни тинк-тенкови, невладини организации специјализирани за ЕУ, интелектуалци, слободоумни луѓе, аналитичари, новинари. Се разбира ваквите тенденции ги забележувам не само во ЕУ, туку и надвор од ЕУ и дома.\nНашите аргументи, презентирани на мирен и пријателски начин, bona fide мислам дека не само што се слушаат, туку и тераат на размислување. Треба да сте самопрогласен супер Европјанин или курентен апологет за да не ги гледате промените на односот кон ветото, замислените или измислени спорови, уцените, лошите намери, евромандаризмот…\nНо, односот на ЕУ кон нас најмногу и директно зависи од нашиот однос едни кон други, и кон Копенхагенските критериуми, кон реформите и кон спремноста за европеизацијата. Економските, судските, политичките, правните и другите промени во насока на хармонизација со ЕУ – стандардите, го јакнеат и ќе го јакнеат нашиот кредибилитет и сами по себе ќе нè туркаат и приближуваат кон ЕУ.\nВажно е да ја забрзаме евроинтеграцијата, но крајно време е да постапуваме утилитаристички, мерејќи ги придобивките и загубите од чекорите, антиципирајќи ги последиците од повторувањето на грешките со феноменот: уште сега, уште еднаш, уште ова, одново и наново.\nМора да укажуваме на неодржливоста на парадоксите спротивни дури и на здравиот разум и логика. Ако 16 пати во 16 извештаи Европскиот парламент и Европската комисија рекле „да“ за нас, а Европскиот совет рекол „не“, во прашање не е нашата неспособност, туку се работи за ЕУ-демократски дефицит. Ако во 15 извештаи не бил нотиран никаков проблем со малцинство, а одеднаш, во шеснаесеттиот, се појавил проблемот со малцинството, проблемот е проблематичен. Ако има 14 пресуди против Бугарија во Судот за човекови права во Стразбур, а ЕУ пристапила кон Европската конвенција за човекови права и ја признала неговата јурисдикција. Како може да се толерира членка која ја потпишала и ратификувала Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, па и која било друга, да одбива да ги спроведе пресудите на Судот во кој и самата има судија? Впрочем, основното прашање не е дали некое малцинство односно заедница е спомната во Преамбулата, половина од уставите во светот немаат преамбули, туку дали во нормативниот текст на секое малцинство му се гарантирани малцинските права. Како може ЕУ да дозволи нејзина членка да нема ниту еден збор во Уставот за гаранција на правата на малцинства, иако тие се гарантирани во член 2 на Лисабонскиот договор заедно со човековите права, а истата да бара од нас да го смениме Уставот, иако нашиот устав, во членот 48 и амандманот VIII гарантира широка заштита на правата на сите заедници, вклучувајќи ги и Бугарите и другите, без оглед дали се спомнати или не во Преамбулата.\nАко ЕУ сака да биде филозофија односно заедница, а не обичен збир на делови (бирократска машинерија), мора да ги почитува основните вредности и принципи не само кога се во прашање нејзините членки, туку и кандидатите. Не попусто во Преамбулата на Лисабонскиот договор пишува дека ќе се продлабочува солидарноста и ќе се почитуваат историјата, културата и традициите на народите (алинеја 6), од преамбулата. Ова е суштината на мотото „единство на различности“. Зошто тогаш од нас се бара да трагаме по сличности, ревидирајќи ја нашата историја?\nЈас, на грчките соговорници, мои пријатели, вклучувајќи го и амбасадорот на ЕУ, со најдобра намера им укажувам дека Република Грција има правна и морална обврска кога инсистира на pacta sunt servanda, да ги упати Бугарија и Европскиот совет на членот 7, став (3) во кој е утврдено значењето на зборот „Македонија“ за „втората страна“, онаа безимената, ние, како: територија и народ со своја историја, култура и јазик. Значи, претходниве се ставени ad acta, односно решени. Pacta sunt servanda. За што разговараме ние со Бугарија? За историја, култура и јазик. Па, што стана со pacta sunt servanda?\nИ Европската конвенција за фундаментални права како еднаква по важност и по сила на Лисабонскиот договор, од уставен карактер документ, во Преамбулата вели дека ЕУ ќе ги почитува на различните култури и традиции на европските народи и на националните идентитети.\nЧленот 4, став (2) на Лисабонскиот договор, пак, промовира еднаквост на земјите членки, на нивните национални идентитети, врамени во политичките и УСТАВНИТЕ СТРУКТУРИ! Така вели членот 4. Како тогаш европски функционери бараат од нас да го смениме Уставот за да почнеме преговори?\nРелевантен за нашава состојба е и членот 8 од Лисабонскиот договор којшто упатува на склучување договори со соседите врз реципрочна основа.\nДа потсетам. Она што го кажа и г. Макрон. Важноста на темелните вредности и принципи за ЕУ е толку голема за филозофијата на ЕУ, што во членот 7 е предвидена постапка за суспендирање на одлучувачките права на онаа држава што ќе ги прекрши. Зошто некоја членка на ЕУ не ѝ укаже на Бугарија на оваа можност во одбрана, не наша, туку на уставните документи на кои се темели ЕУ?\nЗнам, може да кажете дека се втурнав во европско уставно право, ама замислете го шокот на нашите студенти кога едно учат, а друго гледаат, кога веруваат во Кант, а им се случува Тукидит среде ЕУ, па и овде!\nДа заклучам. За неколку месеци, нашата усогласена, проактивна, конструктивна и проевропска надворешна политика манифестира потентност и релевантност. Можеби на почетокот им звучевме чудно, за разлика, можеби од претходниците, но потем внимателно нè слушаа и сега споменуваме исти проблеми што бараат нови заеднички решенија.\nМорам да ви го прочитам членот 49 од Лисабонскиот договор. Тој вели:\n# Секоја европска земја што ги почитува вредностите од членот 2 може да аплицира за членство.\n# Условите за прием на нови членови се предмет на договор меѓу ЕУ и апликантот. Овој договор се ратификува од сите земји.\nНамерно упатувам на завршницата. Морам да кажам дека прашањето: Дали ќе го смените Уставот, што понекогаш ми се упатува, ме навредува и како професорка и како претседателка. Го знаете мојот одговор: Прашањето е надвор од ЕУ уставните норми, а јас не можам и не смеам да гарантирам уставни промени, оти не сум апсолутен монарх којшто не ја почитува поделбата на власта и на парламентарната демократија. Уставот го носите и го менувате само вие, кои ги претставувате граѓаните и вие гласате по вашето сопствено, а не по моето уверување.\nНо, предложивме излезно решение, дури и за едно нерационално барање. Со креативно интерпретирање на преговарачката рамка, како што чув и од партии и пратеници од овој состав, односно заклучоците, сметаме дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите, што веќе неколкупати сме го примениле, па и во последниов случај. Во случајов, vacatio legis би се врзал, односно амандманот би стапил на сила по завршувањето на нашите преговори и ратификацијата на Договорот за нашето членство во ЕУ. Ова би било win решение за Бугарија зашто би го остварила своето барање, ама подоцна, а во меѓувреме, би ни помагала во евроинтеграциите, во духот на Преамбулата на Договорот за добрососедство и пријателство, свесна дека колку побрзо ќе завршат нашите преговори, толку побрзо таа ќе дојде до целта. За нас, win би била можноста да се занимаваме со европски реформи, наместо со балкански пречки и ние би брзале да ги завршиме преговорите. За двете држави win-win би било засиленото пријателство и докажаното добрососедство. Комисиите би си работеле по француско-германскиот, односно германско-полскиот модел, обидувајќи се да го разберат другиот. Во спротивно, ризикуваме да се соочиме со нови и нови барања и услови, под закана на вето. Се разбира ЕУ може да предложи и други креативни решенија во интерпретацијата, како на рамката, така и на заклучоците.\nБилатерализацијата на евроинтеграцијата не е опасна само за македонскиот случај, туку за севкупниот процес на проширување. Балканот е родното место на преседаните. А секој штетен преседан станува правило. Билатерализацијата нема да заврши со нас, напротив, се плашам дека ќе биде инспиративна и за многу други случаи. Така и тогаш ќе стане најголемата опасност за проширувањето, а тоа беше и остана една од најважните геостратешки инвестиции на ЕУ во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Балканската Пандорина кутија не смее да стане европска Пандорина кутија. Европската Унија има и имаше можност токму со македонскиот случај да спречи овој штетен преседан да прерасне во правило. Ја поздравувам германско-словенечката иницијатива за избегнување вето поради билатерални прашања, но и критиката на сите други. Во меѓувреме, добро е да одиме во пресрет на новото решение.\nНе го говорам ова напразно, туку врз основа на искуството односно активното учество на десетици и десетици билатерални и мултилатерални настани, средби со многу претседатели, премиери, претседатели на парламенти, високи претставници на меѓународни организации.\nЈа користев и ќе ја користам секоја прилика, вклучувајќи ги и професионалните контакти и пријателства во одбраната на македонските позиции и интереси, и ширењето на кругот на партнерства.\nВо рамките на регионалната соработка повикувам и поддржувам меѓусебно разбирање и поддршка како услов за разбирање и поддршка од другите. Наместо меѓусебно да се блокираме, ние мора да се поддржуваме бидејќи, ако не се поддржуваме едни со други, како ќе очекуваме од другите да нè поддржуваат? Во спротивно ќе продолжиме да ги потврдуваме наметнатите стереотипи и негативни наративи за нас, од типот на: буре барут, предграѓанска држава, периферија на периферијата.\nВерувам дека и Homo Balkanikus, јас, вие, ние може да стане Homo Politicus.\nМногу може да си помогнеме со културната дипломатија. На годинашниве Мајски оперски вечери во Скопје, сведок бев на велелепната бугарска изведба на Вагнеровата опера „Валкири“, по што добив и покана од директорот на Операта, академикот и професорот Пламен Карталов за возвратна посета на Македонската национална опера и балет во Софија со „Набуко“. Ја прифатив и отидов во Софија каде што посведочив за огромната почит којашто ја ужива македонската уметност и култура во бугарското општество, во преполната сала и долгите овации за македонските уметници. Најважниот епилог од ова е раскошната публикација на академик Пламен Карталов, со наслов „Улогата на бугарската опера во културната дипломатија“, во која цел дел ни е посветен нам, збогатен со фотографии, слики, изјави, неговиот и мојот говор, написи во бугарските и македонски весници.\nГо информирав бугарскиот претседател за мојата посета и договоривме не само средба туку и заедничко следење на нашата опера. За жал, авионската трагедија во која загина негов близок соработник и другар го оневозможи да дојде на претставата, а инцидентот со знамето ги засени пријатните разговори и наброените многу проекти.\nЈас сепак верувам дека културната дипломатија, гради двонасочни мостови коишто се отпорни на дневнополитичките спинови, на популизмот, демагогијата и манипулацијата. Нема поголем успех на една држава и култура од тоа да стекне почитувачи, па и вљубеници, меѓу други припадници на други народи.\nОсвен билатералните посети на Италија и на Црна Гора, учествував и на пет важни мултилатерални настани. Македонските позиции ги застапував на глобалната сцена, на 79. Генерална дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, имав излагање на Советот за безбедност, се сретнав со генералниот секретар Антонио Гутереш, со претседателот Бајден, со високи претставници на меѓународни организации. За мене е најважно што мојот говор во Њујорк предизвика голем интерес и многу учесници се повикуваат на него. Пријатно е при приемот и средбите со амбасадори кои не се резидентни во нашата земја ќе чуете дека ве познаваат од говорот во ООН.\nВо Берлин учествував на Конференцијата за обнова на Украина, а во Луцерн настапив на Самитот за мир во Украина. Учествував на Самитот за климатски промени во Баку каде што ја споделив нашата визија за решавање на некои од најгорливите проблеми на денешницата. Договорив и потврдив повеќе средби. Последната е потврдена од претседателот на турското Собрание за посета на Турција.\nНа крајот само неколку напомени за внатрешната политика. Иако имам ограничени ингеренции во внатрешната политика, како претседателка на сите граѓани, не можев да бидам пасивен набљудувач на проблемите во општеството. Ветив дека ќе бидам не само до граѓаните, туку и меѓу граѓаните и со граѓаните. Граѓаните знаат дека јас сум соговорник за нивните предизвици и сопатник во борбата за остварување на нивните права. Затоа, до мене стигнаа над 132 претставки, од кои над 62 испративме до надлежните органи. Претставките не се статистика, туку човечки судбини. Со секоја одговорена претставка се покренува административниот механизам за остварување на правата на граѓаните, загарнтирани со Уставот и законот.\nВо финална фаза е средувањето на просторот во центарот на градот во кој ќе биде повторно сместена Народната канцеларија на Претседателот, покрај која ќе организираме и мобилни канцеларии во општините.\nВерував и сè уште верувам дека помилувањето е човеково право, а не санкција и дека треба да се оценува степенот на ресоцијализацијата на осудениот. Сметав и сè уште сметам дека не е добро во Комисијата за помилување да бидат членови судии, јавни обвинители и адвокати поради опасност од конфликт на интереси. Помилувањето е насочено кон корекција на правото со правда и со етика. Потребен ни е нов Закон за помилување, нов начин на комуникација на Судот со Министерството за правда, нов начин на постапување на судиите кон барањата за помилување, односно собирањето и документирањето на случајот и профилот на осудениот подносител на барањето за помилување. Потребно е да се овозможи посета на затворениците коишто бараат помилување од страна на членовите на Комисијата. Но, јас мислам дека треба да се преиспита казнената политика, како и должината на времето на помилувањето. Тоа ни го укажуваат и од Советот на Европа.\nКомисијата за помилување ќе организира средба со сите бивши членови на комисиите за помилување заради размена на искуства, детектирање проблеми, предлагање излезни решенија.\nКомисијата е меритократски заснована со почитување на правичната и соодветна застапеност покрај стручноста и компетентноста и паритетна родова застапеност.\nВо формирањето на Комисијата за одликувања и признанија, која веројатно ја видовте, се водев од критериумот наградуваните да наградуваат. Во неа членуваат познати научници, професори, оперски пејачи, сликари, скулптори, глумци. Основниот критериум е стручноста и компетентноста, а потем правичната и соодветната застапеност. За прв пат има повеќе жени од мажи во Комисијата.\nИмам постојана соработка со голем број организации во областа на културата, родовата еднаквост, маргинализираните групи, жените земјоделки, ученици со оштетен слух, добитници на престижни награди во математиката, физиката, хемијата, спортот…\nПокровителка сум на важни настани, од детски, како „Златно славјче“ до прослави на важни јубилеи на универзитети, библиотеки, институти, стопански комори.\nСе обидувам преку говорите на најважните државни празници, како Илинден, АСНОМ, или 11 Октомври да го реафирмирам немерливото значење и да ја поттикнам нашата самодоверба, да повикам на единство и сплотеност, на себепочит и почит кон другите и различните.\nПовторувам потребен е консензус помеѓу власта и опозицијата околу најважните државни интереси. Во оваа насока, се вклучив во расправата за Планот за раст и Реформската агенда, повикав на соработка во Националниот совет за евроинтеграција. Лично, имав конструктивна средба со лидерот на опозицијата, оти верувам, а мислам дека и тој верува, дека без опозиција нема демократија.\nНе жалам што отворено ја поддржав Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Ирелевантно беше дали лично се согласувам со некои нејзини претходни политички ставови и одлуки. Важно е да имаме наша претставничка, да го искористиме реткиот момент, за регионот и малите држави, да манифестираме единство околу поддршката на многу важната функција. Без двоумење, заедно со премиерот и со Владата застанавме зад неа. Мора да научиме да правиме разлика помеѓу државниот и партискиот интерес. Нелогично е да поддржуваме кандидати на други држави кога имаме наш кандидат, дури и да доаѓа од редовите на опозицијата. Нелогично е на натпревар на којшто учествува македонска репрезентација да навиваме за туѓиот тим.\nЗа да можеме да напредуваме, ние мора да ставиме крај на автодеструктивното однесување дека сe започнува со нас, дека ништо претходно не е добро, дека ништо не важи, дека другиот ни е непријател, а не партнер, дека треба да се сатанизира, наместо критикува. Во оваа смисла, за поздравување е одлуката, ваша, на Собранието да ја усвои Националната развојна стратегија 2024-2044, иако истата беше донесена од претходната влада. Тоа е инспиративно. За поздравување е и поддршката на опозицијата на Реформската агенда на оваа влада.\nПочитувани присутни,\nВообичаено, на крајот на секоја година се спроведуваат истражувања на јавното мислење преку коишто носителите на одлуки се обидуваат да го почувствуваат пулсот на народот. Се разбира, некои се интересираат за партискиот, други за личниот рејтинг. Мене, пак, ме интересираат проблемите на македонските граѓани. А еден од најважните е правдата.\nПравдата е најсилната врска помеѓу државата и граѓаните. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што, заедно со судирот на интереси, непотизмот и клиентелизмот, го поништуваат владеењето на правото, ги обезвреднуваат институциите, ги иселуваат младите и ни ја празнат државата. Без правда нема извесност на планирањето на животот.\nЈа поздравувам борбата против корупцијата и организираниот криминал. Таа е најважна. Во оваа борба ние, не сме сами. Ја имаме довербата од македонските граѓани и поддршката од нашите стратешки партнери, вклучително и со дополнувањето на црната листа. Црно ни се пишува ако не ја видиме со широко отворени очи црнината и не ја обелиме со санкционирање. Сега македонските надлежни институции се на потег. Граѓаните очекуваа и дочекаа конкретни резултати. Секое одолговлекување би значело толерирање на беззаконието и неправдата. Никој не смее да биде недопирлив. Никој не смее да биде над Законот. Не може целото општество да ја трпи казната поради неказнивоста на неколкумина.\nНо, борбата никако не смее да се сведе само на високопрофилирани случаи бидејќи корупцијата е длабоко вкоренета во секоја пора на општеството. Недовербата кон судството не е случајна. Умниот лорд Ектон со право вели дека: Секоја моќ корумпира, се заканува да ве расипе, а апсолутната моќ корумпира апсолутно. Роберт Хајслоп, пак, предупредуваше дека во секоја држава има криминал, ама на Балканот, криминалците имаат свои држави.\nЗатоа, потребни се забрзани и длабоки реформи во правосудството. Судскиот совет и Советот за јавни обвинители мора да бидат вистински чувари на независноста на судството и филтерот низ којшто ќе можат да минат само квалитетните и некорумпираните. Од тоа зависи враќањето на разнишаната доверба на македонските граѓани во него. Борбата за правда, за правна држава, за владеење на правото, е борба за задржување на младите и за иднината на државата.\nПочитувани пратеници,\nКога зборувам за правда не мислам само на правосудството и на владеењето на правото. За да не станеме држава на социјални случаи, нам ни е потребна социјална правда. И во Уставот, Македонија е дефинирана како социјална држава којашто треба да им помага на ранливите, за секој човек, за секое семејство да има пристоен, достоинствен живот.\nБуџетот што го усвоивте вие, пратениците, е развоен и инвестициски, но со вклучена социјална компонента. Тоа е за поздравување, особено во ова време на ценовни шокови. Секој од нас треба да направи сè што може за да им помогне на ранливите категории.\nВеќе реков, моите ингеренции на ова поле се ограничени, но го правам она што можам. Станав глас на оние што се соочуваат со системска дискриминација, како што се текстилните работници или руралните жени кои се борат за подостоинствени работни услови. Поради родовата нееднаквост, многу жени неправедно носат тежок, двоен товар – не само за домот и семејството, туку и за приходот.\nМора да ги интегрираме родовите перспективи во секоја работа. Родовата еднаквост не е апстрактен идеал, туку е фундаментална претпоставка за одржлива безбедност. Треба да се следи ритамот на природата во која постои односот 50:50. Во кусото време на претседателствување, јас го применувам овој принцип. Во Комисијата за помилување, за првпат во историјата има повеќе жени, а во Советот за млади има паритетна застапеност. За првпат, за член на Советот за безбедност именував жена. Исто така, за првпат по 30 години првиот и вториот човек на Агенцијата за разузнавање се жени. Имам жена аѓутантка, во Комисијата за одликувања има повеќе жени од мажи.\nКако сојузничка на жените, младите, студентите, ранливите групи, за првпат вклучив лице со посебни потреби во Советот за млади. Во Комисијата за помилувања и во Советот за млади, за првпат има припадник на ромската заедница кој не е таму како Ром, туку како врвен правник, докторанд по казнено право.\nЗошто сево ова е важно? Затоа што грижата за сиромашните, ранливите и маргинализираните е врвот за мерење на вистинската вредност на општеството. Ние мора да ја разбудиме солидарноста и хуманоста во нас и меѓу нас.\nЗбор, два за еколошката правда. Веќе зборував за смртоносните ефекти на загадувањето на воздухот што го дишеме. Клучниот загадувач кај нас е енергетскиот сектор. Овој наследен проблем не може да се реши преку ноќ. Неодамна на климатскиот самит во Баку во презентирањето на обврските што ги преземевме, како држава, се зборуваше и за енергетската транзиција. Знам дека ни е понудена помош и мислам дека таа помош треба да ја прифатиме. Со нетрпение го чекам денот кога ќе го потпишам Указот за прогласување на Законот за климатска акција. Тој може да доведе до пресвртница.\nНа денешен ден, 25 декември 1903-та, пред точно 121 година, од печат излезе најважната книга за нас – „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков нѐ предупредува дека како причина за секој неуспех, поделбите нѐ туркаат во небиднина. И спротивно, дека сплотеноста е предуслов за секој успех и основа за светла иднина.\nМисирков го скицира и општествениот договор, потсетувајќи нѐ дека „народот не е ништо друго, освен едно големо другарство, основано на крвно родство, на општ произлез, на општи интереси. Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на општото добро. Тоа е долгот кон народните интереси, за што членот од народноста добива заштита на своите лични интереси таму, каде што не се доста само неговите сили“.\nТој општествен договор, скициран од Мисирков, беше склучен на 2 август 1944-та со формирањето на асномска Македонија, и беше потврден и обновен на 8 септември 1991- Во сржта на тој општествен договор е увереноста дека нашата република постои за да се обезбеди мир и соживот, човекови права и социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.\nИзминативе три децении, тој општествен договор напати беше заборавен. Општото добро беше присвојувано, а јавниот интерес беше занемарен. Како последица, сè повеќе млади почнаа да ја доживуваат татковината како место за привремен престој, како хотел, наместо траен дом во кој би основале семејство.\nОвој процес, на остварување општествен договор не е лесен. Но, ние не смееме да се откажеме и мора да создаваме услови за младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да напредуваат и да успеваат тука, во нашата единствена заедничка татковина.\nСамо ако ги оставиме на страна поделбите и кавгите, тесните партиски и лични интереси, и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес, ќе успееме да го обновиме општествениот договор на Мисирков и да ја направиме нашата татковина пристојно место за живеење за сите нејзини граѓани, сегашни и идни.\nВи благодарам.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%BE_%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%B8%D1%99%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%94%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%282024%29", "word_count": 6518, "cyrillic": 0.995}
{"id": "10085", "title": "Политичките убиства во Бугарија", "text": "* Предговор\n* Дел I. Политичките убиства во Бугарија\n* Дел II. Кнез Фердинанд на политичката сцена\n* Дел III. Бугарија по катастрофата во 1918 година\n* Дел IV. Бугарската влада и македонското прашање\n* Дел V. Дали македонското прашање е социјално или национално прашање\n* Дел VI. Македонско федеративно движење\n* Дел VII. Крвавите дела на реваншизмот и врховизмот\n* Дел VIII. Засилување на реваншизмот и на народната борба против него\n* Дел IX. Разделбата на реваншизмот и буржоаската власт\n* Дел X. Управувањето на народниот блок и македонските убиства\n* Дел XI. Заодот на блоковата власт во Бугарија\n* Дел XII. Длабокиот смисол на политичките убиства\n* Дел XIII. Зошто се вршеа политичките убиства\n* Дел XIV. Изчезнувањето на буржоаската демократија во Бугарија\n* Дел XV. Диктатурата на цар Борис и неговата улога во Бугарија\n* Дел XVI. Курсот и теророт по внатрешна линија\n* Дел XVII. По влегувањето во Југославија на германските војски што се наог'аа во Бугарија\n* Дел XVIII. Борбата против фашизмот во Македонија под монархофашистичка грчка власт\n* Дел XIX. Антифашистичката борба на Македонците од Пиринска Македонија\n* Дел XX. Положбата во Бугарија по септември 1944 год.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 173, "cyrillic": 0.883}
{"id": "10086", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Предговор", "text": "Книгата го опфаќа периодот после ослодувањето на Бугарија до идењето на Црвената армија која ја олесни победата на Отечествениот фронт и прогласувањето на Бугарија како Народна република. Настаните се предадени од гледиштето на Заддунавска губернија на Балканот за време на кнез Батемберга и борбите на австро-германскиот империјализам за зацврстувањето на германизмот на Балканот во времето на цар Фердинанд.\nИзнесувајќи доволно факти авторот со убедливост ги изобличува дејствата на руските агенти-батемберговци и на кобурзите како непријатели не само на бугарскиот народ, но и на Македонците и сите прогресивни сили на Балканот. Дворот, а заедно со него и највидните претставители на бугарската реакција и фашизмот се изобличени како потстрекувачи на сите крупни политички убиства кои настанувале во Бугарија во продолжение на неколку десетлетија. Откриени се и нивните престапи и провокации во врска со нападот на Србија во 1913 година, превратот на 9 јуни и септемвриското востание во 1923 година; вториот фашистички преврат на 19 мај 1934 година и за време на Втората светска војна.\nОткриена е исто така и врската на бугарскиот двор и фашистичката реакција со организација на Тодор Александров и Александар Протогеров, која дејствуваше за време горните настани во Бугарија како нивно орудие и нејзиното превратување од Иван Михајлов во оформена банда, настаната во Пиринска Македонија, со задача да ја претвори во плацдарм за напад на Југославија.\n„Македонските несогласија“ се претставени како одраз на раздвоеноста меѓу бугарската буржоазија по однос на надворешната политика на Бугарија. Откриени се врските на протогеровистите и нивното „лево“ крило на Перо Шанданов со полицијата на Гиргинов, а потоа и со 19 - то мајците.\nВо книгата е значајно тоа што во неа се дава, односно прикажува упоритата и смела борба на Македонците. Разгледана е борбата на старите централисти, федералисти и комунисти против врховизмот и фашистичката реакција во Бугарија. Разгледана е исто така и борбата на следбениците на старите Илинденци, кои се дигнаа на востание на 11 октомври 1941 година против германските окупатори на Македонија и против нивните домашни слуги – великобугарите. Направен е и преглед на предавството на раководителите на БРП(к) спрема македонското национално-револуционерно ослободувачко дело. Прегледана е и подвлечена помошта на Југословенската Комунистичка партија и југословенските народи, кои ја помогнаа ослободувачката борба на Македонците и востанувањето на нивната татковина во слободна држава Народна Република Македонија, а во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.\nВо книгата се прикажани и значајни факти што заслужуваат да се изнесат и осветлат во нашиот печат. Треба да се признае борбата на македонските патриоти во општата народна борба против дворот, реакцијата и фашизмот, загинати на бугарска територија, сето она што досега не е направено.\nСо изнесувањето на овие значајни факти се удира по позициите на рускиот империјализам, а со тоа и на великобугарската агентура во Бугарија и на Балканот, која и денес, при новите економски и политички услови, игра клеветничка улога во компанијата на Информбирото против слободата на народите од Југославија, против нивната социјалистичка изградба, против единството на Јужните Словени и против мирот на Балканот.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80", "word_count": 487, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9705", "title": "Црне војвода", "text": "ПЪРВО ДѣЙСТВИЕ.\n''Въ кѫщата на попъ Цеко въ Прилѣпъ 1879 год.''\nСцената прѣставлява една стая. Срѣщу вратата една постела послана и въ постелата легналъ попъ Цеко боленъ, покритъ до грѫдитѣ. На главата една църна нощна калимяфка.\n(До главата отъ попа седи попадията, а около попа седатъ четирма приятели на попа, които сѫ дошли да го видятъ).\nСцена първа.\nПопъ Цеко, Попадията, Коне, Хаджи Пано, Илия, Гьорче.\nХаджи Пано. - Гечмишъ ола, отче свети; гаиретъ чини, мажъ биди, наеднашъ нелегнуи на болѣстьта.\nПопъ Цеко. - Чинифъ гаиретъ, господинъ хаджи, дочинифъ! Ясъ веике умирамъ и безъ врѣме во гробо ке влезамъ (силно офка) отъ проклети турци кеседжий, отъ той проклетъ Кючукъ Сулиманъ.\nХаджи Пано – Ами защо те тепа, отче, щo му стори, що му изеде, що толку да те тепа, Богъ да го убие.\nПопадията – Сърдце да го изей, господинъ хаджи и сърдечница. Да би дала Богоройца майка, той проклетъ що кандиса олку зло да ни стори; толку му веламъ; бракьa, Богоройца да му доиди и да го накажи сега бърго.\nХаджи Пано – Джанъмъ еденъ песъ що се мога на църквина порта, той нема да го остаат да жиевеитъ; туку що фаиде, лели днеска вамъ ви го стори злото! Ами као я донесофте работата отче свети, що те тепа?\nПопъ Цеко – Себапо е оти ми го сакаше чифлико, да му го даамъ безъ пари и озгора расфърли тешка вергиа по сите села. Върли и во нашето, кому петь лири, кому осумъ, кому петнаисеть, а пакъ мене, бракьа, педесе лири и чифлика, Богъ да го отепа. Немайки ясъ толку лири отидофъ на село да барамъ некои край или да го моламъ Кючукъ Сюлиманъ, да кандиса баре со дваисе лири. И тие не оти ѝ имам, ами со мамеле ке и кренефъ. Отидофъ въ село, бракьа и тамо що да видамъ? Сите селани и собралъ Кючукъ Сюлиманъ каи кулата и кои що нѣмаше да му дай върлената вергиа, едни ѝ тепаше; други во кочината ѝ клаеше; трекьи ѝ тераше да се качуа на кулата и ги тераше да седать со голъ гасъ на плочитѣ вжещени отъ сонцето, да ми прощаате. Коа видофъ тоа нещо, бракьа, косата ми се крена и си чекафъ и ясъ некоя мака неискажана претъ сите селани, чунки не носефъ петдесете лири, що бѣше ми ги върлилъ.\nИлия – Ама на тие маки згора заощо траеа сите селани, да го ватеа и со раце да го раскинеа, да що сакаше нека бѣше.\nПопъ Цеко – Море арно велишъ, бре брате, туку пуста кръвь рисянска е као угасната, а пакъ со гола рака змия не се вакьа, чунки четворицата другари отъ той песъ стоеа разрѣдени околу селанитѣ со голи ножей, како некои арангели. Да ете како нищо не можиме да му праиме на таквие арамий.\nКоне – Ами после тебе отче свети, како те тепа? Що кабаетъ ти найде, дали за пари, оти на той саать нему однесе? Али за некои зборъ да не му рѣче и си го налутилъ?\nПопъ Цеко – Офъ бре брате Коне, ами зъръ незнаишъ оти на турчинъ никаковъ сборъ рисянинъ не може да му врати, ако ти рѣчи: лета магарето, ти трѣба да му рѣчишъ лета, оти инаку кье те отепа. Да и ясъ сиромафъ отъ евала, другъ сборъ не му рековъ. Арно ама у Кючукъ Сюлиманъ исафъ вейке нема, той ти станалъ зверъ и друго нищо.\nГьорче - Ами после као стана работата, що те тепа, отче?\nПопъ Цеко – Ахъ що сакамъ да ви кажамъ се со ретъ бракьа, да знаите, заощо ме тепа той зверъ, арно ама душа неостана сака излегуа, дай мори попадио една чаша вода, оти ми се исуши язико, (му подаде попадията вода).\nХаджи Пано – Гаиретъ отче, гаиретъ, не вели го той зборъ, нема да умришъ, кье ти даитъ Господь здравье. Е после отъ що себепъ те тепа?\nПопъ Цеко – Ахъ. Ахъ! (ячи) Ясъ сиромафъ, Щто кье си умрамъ. Гледайкемъ коа и мачеше селанитѣ! као що ви кажафъ, се прибрафъ до него да го моламъ, да ѝ прости и да не ѝ мачи толку, та да печалатъ и да му даатъ пари. Велейки му той зборъ, ми се опули напорки и ми рече: „донесуа ти пари, бре свиньо“? Вие бидете живи Сулиманъ ага! Ако не донесиме сега, кье донесиме утре. „Дефолъ отъ предъ мене, керата, пезевенкъ“, ми рече и намавнуайки со ножо да ми я сечи глаата, се истаифъ на страна. Отъ коа и домачи сите селани, ме викна и отъ коа виде, оти не му донесофъ пари, ми рече, до вечера ако не одамъ в’ градъ да барамъ пари, лошо кье ме найди. Коа чуфъ той сборъ, се ослободифъ, чунки за тогаи куртулисафъ безъ да ме мачи. Си кренаа пушкитѣ уще прѣдъ мене и си отидоа во нѣкое друго село да збираатъ пустата вергия. По нѣкои саатъ си яавнафъ коньо и си тргнафъ во гратъ. Тамамъ доидофъ каи Оджоото долче и евети сите петина кай ме чекаатъ таму, та и ме симнаа отъ конь и со първо що ке ми напраатъ, звѣроитѣ, ао арбията отъ пушката ми скинаа цревата. Тоа не му фтаса, та коа ме кутнаа на земи и ми седнаа еденъ на глаата, друкъ на нозетѣ и ме тепаа со тильето отъ яатаганитѣ, до умиране и ме остаиле тамо спрострѣнъ на земи. Сполаи му, що ме видѣле дваица селани и со вода ме осфестиа и тие ме донесоа дома.\nЕто со таквиа маки яасъ сумъ маченъ, господинъ хаджи Панто, и кье умрамъ безъ денъ, та си остаамъ дѣцата сираци.\nХаджи Панто – Ахъ проклета му душа нивна, како не се найде една бугарска рака да изтреби тие проклети звѣрои, що мачатъ ротъ рисьански, по селата и патищата.\nИлия – Се наогва, господинъ аджи, се наогва, ама дури вие чорбаджиите гледате саде вамъ да ви е арно, за сиромасите ги подвърлате, нема да се наиди бугарска рака да и тепатъ турцките бабаити. Разбра сега, аджи баба? Да и ако отѫръ ти остани.\nХаджи Пано – До некаде си имашъ прао, господинъ Илия, така сие, у чоражиите е кабаато.\nГьорче – Море до некаде, немаатъ кабаетъ чорбажиите, господинъ аджи, ами до некаде, спроти мене сета мака що я тѫргаатъ сиромаситѣ отъ турцитѣ, отъ богатите я тѫргаат, било отъ Кючукъ Сулимана, било отъ Ахмедъ Бамята или отъ Мустафа Коняро, и друзи многу турцки зулуми.\nПопъ Цеко – Аманъ, отъ богатитѣ било отъ сиромаситѣ, лели мене ми се стори, сега що файде. Само една молба кье ви сторамъ бракьа, да барате краи тоа куче табачко да го изтребите, за да куртулисате мачни души рисьански отъ сите села преку ритски и Мориовски. На бога на душа ви остамъ, бракьа, да се сторите мукаетъ да го сотрите той зверъ. Спира цѫрнета да му го пуштите той юнакъ надъ юнака во нашио градъ, ахъ ясъ сиромафъ що не можамъ векье да гльаголамъ, чунки душа векье излегуа. Стани, мори попадио, даи една чаша вода да се напиямъ, оти ми се запре нещо во гѫрлото (му даде попадията вода, пиейки попо се засѫркна и низъ носо му изстече), ахъ ясъ сиромафъ, умирамъ, бракьа, умирамъ, попадио, умирамъ, ела бакни рака, да се простиме (писна попадията да плачи и стори метанијя и му бакна рака, плачатъ и четворицата приятели и липаатъ отъ жалъ и со шамиитѣ си бришатъ очитѣ и тие му стория метаниа и му бакнаа рака).\nХаджи Панто – Прощаи ме, попе Цеко, проштаи ме!\nПопъ Цеко – Богъ да прости, господинъ хаджи и ти мене проштаи ме, на Бога на душа ти остаамъ хаджи, да праиш що да праишъ, зверотъ що ме изеде мене и що яди многу друзи рисьани, проштаите ме сите. (Сите со ретъ му бакнаа рака и се простия, во истото врѣме зина три пати попо и си умре. Списка попадията да плачи, тѫргна косите да си и корни, лицето да си го кини со нокти, а пријателитѣ и тие липаатъ и плачатъ).\n(Попадията тажи и реди и тръгна да оди въ бунаръ да се фрлитъ.\nПопадията (плачи).\nЛеле Боже до Господа\nЩо е ова що ме найде?\nОтъ проклети лоши турци,\nЛоши турци кеседжий,\nКукята ми запустия,\nДа би аиръ не виделе;\nЛеле, леле яасъ сиротица,\nЛеле, попе, щто ми стори?\nКукята ми я затвори.\n(На тоа писканье отъ попадията се стърчала да оди да се върли въ бунаро и я ватия приятелитѣ да не оди да се дави).\nХаджи Пано – Гаиретъ, попадие, немои що кье сторишъ, нека ти са живи челатта, Спиро Църне кье му дойди до акъ на тоа куче.\n(Тѣлото на попъ Цеко изнесено и на миндеро седатъ четворицата приятели на попъ Цека).\nСцѣна II-ра\nСѫщитѣ и послѣ Църне.\nСпиро Църне (влиза) – Помози Богъ, господинъ Хаджи Пано, како си, шо чинишъ? Здраво, живо? (се рѫкува и се поздравлява со ситѣ) що си ме викалъ нѣщо?\nХаджи Пано – Офъ! За волкотъ зборуаме и волкотъ задъ врата! Земи столо, Бога ти, бре Спиро, да лели дойде кье ти кажиме що сумъ те викалъ. (Зеде столо и седна). Каи си бе Спиро толку врѣме що не си дошолъ каи насъ? Каи скиташъ, каи пустишъ?\nСпиро Църне – Ами зъръ не знаишъ, аджи, оти сумъ качакъ от двѣ-три недѣли навамо?\nХаджи Пано - И знамъ и не знамъ, я кажи ни, да чуеме отъ щто си качакъ.\nСпиро Църне – Отъ що сумъ, отъ умъ, баремъ да бефъ свършилъ една работа као що трѣба, да ако бефъ качакъ, ама нейсе, ние македонцитѣ, мислиме за утрѣ. Знайте како стана таа работа. Седѣйки во ано каи Миджа во недѣла се задевафме со едни другари мои, ясакчията на ано Асанъ дойде со бабаитлѫкъ да не истера. Отъ зборъ на зборъ се скарафме и се степафме, та му и грабнафъ пиштолитѣ и му и върлифъ во кальта, а него го удрифъ отъ земи и му стапифъ на врато, да ако не ми го откинеа, за чудо кье го заколефъ! Кешкье да го заколефъ, да ако бефъ качакъ, ама неисе за другашъ, кье знамъ као да праамъ.\nХаджи Пано – Браосъ на сърцето юнашко що го имашъ, бре братучедъ, но ако можишъ една работа да сфършишъ голѣмо добро кье ми сторишъ първо на мене и послѣ на цѣлио народъ; ако можишъ да го сотришъ той проклетъ Кючукъ Сулиманъ що шета по Преку-ритскитѣ села и Мориоски и му върла тѣшка вергьия, тепатъ и челата му обезчестуватъ, а пакъ попа Цека – со арбията му дупна цревата и най послѣ го отепа отъ кьотекъ и си умре.\nЗнаишъ, брату Спиро, колкафъ голѣмъ срамъ е за насъ рисьанитѣ, цѣлио Прилепъ е наскърбенъ за попа Цека.\nА пъкъ кога умре попо, овде се наидофме и кога душа даде и ни остаи на Бога на душа, да му бараме крайо на тоа куче Кючукъ Сулимана да го сотриме. Вѣруашъ, брате Спиро, оти отъ коа умре попъ Цеко; секоа вечеръ ми иде насонъ и ме моли да му бараме крайо на тоа куче.\nЕто затоа сме ти викале, господинъ Спиро, да те молиме да станешъ единъ войвода и да соберишъ дружина, та да му легнишъ по траго на тоа куче. И сега що велишъ, кье можишъ да свършишъ овая работа, али неможишъ?\nСпиро (се усмихва иронически) – можамъ и надможамъ, господинъ аджи, ама сакатъ арно оружие да имамъ, а пакъ за да купамъ сум сиромафъ, ти самъ знаешъ, оти паричка немамъ, со гола рака змия не се факьа.\nХаджи Пано – Море, али приимашъ ти, бре Спиро, да я вършишъ овая работа, та за оружие то е готово те чека тебе, алища кумитски имаме угулъ нови що и носеше таксилдаро мой, (стана и му и даде алищата и оружието), я земи алищата и промени се да видиме да ли ти прилича за войвода. (Се промени и се въоружи Спиро).\nХаджи Пано – Честити нека ти се и Госпо да ти поможитъ да сфѫршишъ оваа работа, та да се прославишъ по сета земя.\nКоне – Аминъ, господинъ аджи, така да даи Госпо. Слушай, Спиро, що сакамъ да ти кажамъ: некни ми донесе варъ Георгия Лажо и му отворифъ за кумитлъкъ и той ми кажа оти на драго сѫрце прииматъ, ама сака за войвода да му бидитъ единъ грагянецъ и той си ималъ два-тройца другари верни негои. Ясъ му рекофъ оти за войвода ке ти го пратиме Спиро Църне и му дадофъ четири пушки и патрони.\nСпиро – Много аренъ е за тая работа Георгия, господинъ Коне, утрѣ вечерь, ке го наидамъ дай Боже здравье и кье му поидамъ дури тамо. Треба да знаите, оти Кючук Сулуманъ сака да му а граби Тода посестримата на Георгия и да му а турчи, ама со Госпо напре не кье фтаса.\nИлия – Да живеишъ, брате Спиро що приимашъ да го сотришъ тоа куче, щo сотре толкуа наротъ рисьанцки, Госпо да ви поможи да го клаите в’рака, та да го сосечишъ и да речишъ аирлииа да му е сефтето на Прилепцките юнаци.\nСпиро – Ха, аирлия да ти е сефтето, да сумъ речелъ, ами лани ясъ сумъ сторилъ сефте, а господинъ Илия, сега кье ми биди второ сеченье на турскио бабаитъ Кючучъ Сулимана.\nГьорче – Си сторилъ сефте ха! братенце, ако не ми кажишъ кого, ясъ не сумъ чулъ.\nСпиро – Е, лели ме прашате да ви кажамъ: Славе побратимо мой я държеше манастирцката воденица со кириа, да го дупни грео Юсеина арнаутино и да му се повали со тепанье на егумено да му я даитъ воденицата нему и да го истера Славета. На тоа згора Славе я остаи воденицата на денъ Гюргеенъ и си влезе арнаутино. Земайки Славе абуръ джубуръ щто си ималъ, си я зелъ младата жена що му била многу убаа и що си я милуалъ много, арно ама арнаутино, му я грабналъ на сила за своя ханъка.\nНа тоа Згора Славе прао дойде кай мене на воденица и ме търгна на страна да не чуе татко, да ми рече: „Спиро бре, знаишъ оти ке ме загубеше арнаутино Юсеинъ воденичаро, дека ми я зеде убаата и кротка жена; ми бидуашъ ти другаръ, да му го сфетиме маслото, да да познаи кои е Славе воденичаръ и Спиро Цѫрне“.\nНа тоа Згора ясъ му се таксафъ и му курдисафме плано како да му го светиме маслото и да му я земиме жената – отъ Славета. Го погоди братучеда си Славе да му се глави на Юсеина за коньите да му и тера со брашно и да ни стори калаузлукъ. Братучедо отъ Славета ни кажа оти на вечерь Юсуфъ со чибуко и гледалъ надворъ во ливадата како му пасатъ коинитѣ.\nПо Гюргьевденъ неколко дни му се скрифме каи едни вѫрбушкьи до ливадата, та кай двата саато еветиго арнаутино со чибуко запаленъ, дойде близо до насъ, седна да гледа како му паса коньите чункьи не се веруаше на момоко. Седнуа кимъ агата туку му излегофме отъ вѫрбушките со голи ятаани (во истото време търгна Спиро ножъ и почна да му кажуа како го секолъ) и му застанафме предъ него и задъ него, та почна Славе да го суди за дека му я зеде жената и оти сакаше да го сечи со ножо: „ти си бре арнаутину, що ми я зеде жената и сакаше да ми сечишъ глаата? Я чекай да видишъ како боли да ти я сечамъ твоята, и ми рече мене, удри бре Спиро що глеашъ овой арнаутски песъ“. И му лехгнахме со ножеите да го кастриме. При се тоа имаше арнаутино еденъ пиштолъ запоясъ не му текна да се вати занего, ами падна на молба да го порстиме, да кье му даелъ сто лири на Славета и жената; кай ти сака пари Славе, му я зедофме глаата и я грабнавме жената му.\nДа ете ми го сефтето на сеченье турцитѣ, бракьа, и да знайте оти и Кючукъ Сулимана кье го сечамъ, еве вака (маатъ со ножо) за да спасамъ здравьето, честьта и имото на нашитѣ грагяни и селани, що неможатъ да здивнатъ отъ него.\nХаджи Пано – Браосъ, да живѣишъ. Е ова чудо ясъ не сумъ го чулъ, бре Спиро, ти що си го напраилъ. Госпо да те чуа и да те брани отъ сите лошотии, дури да истребишъ тие проклети рисянски душмани. На, дършъ овие нѣколку бели меджидии, да ти се найдатъ.\nКоне – Така треба, Спиро, со тие душмани да се праи. Турцитѣ ако се исплашатъ отъ васъ, нѣма да го мачатъ послѣ народо. Тие предъ силата наведуваа глаа. Заповѣдаи и отъ мене едень подарокъ.\nГьорче – Заповедай и отъ мене, господинъ Спиро.\nИлия – Ето и отъ мене, брате Спиро, ако се и по малце, чунки толкуа ми се сгодиа. (Спиро отъ сите зеде пари и му бакна рака и стана веке да си оди на село).\nСпиро – Е седете со здравье, бракьа, и добро видение. Ако рѣчи Госпо да си дойдамъ здравъ и живъ кье ви платамъ, а пъкъ ако умрамъ алалъ да ми чините.\nХаджи Пано – Со здравье войводо, Спиро, со здравье и алалъ да тие всичко що ти дадофме. Само Госпо да те донеси назадъ.\nСпиро – Благодарамъ ви, сбогумъ, бракьа, (сите го фатиа за рака и го испратиа до врата и пакъ седнаа на миндеро).\nХаджи Пано – Е, господинъ Илия, ти како велишъ за оваа работа що я зафатифме, кье се свърши безъ да се сети оти ние го обружифме Църнета?\nИлия – За оти кье се сфърши, сенетъ да ти даамъ, господинъ аджи; а оти кье се сети, ичъ не сакамъ да знамъ, само со душа кье чекамъ да чуямъ оти го сотреа Кючукъ Сулимана, да самъ яасъ кье кажуамъ по свето. Разбра, аджи баба. Ама кье разбереле турците, та кье ме вататъ и кье ме затворатъ, ичъ не сакамъ да знамъ, лели еднашъ кье умирамъ. Аджи, аджи, ичъ да не се боишъ отъ умирачка, кьешкье за народна работа да умришъ юначки, а не отъ болесть како баба и знаи оти народо паметникъ ке ти напраи и името кье ти остани славно за веко.\nХаджи Пано – Браосъ бре, господинъ Илия, оти имашъ тоа сърце юнашко, кьешкье и яасъ да го имамъ твоето сърце, та ако бефъ и по сиромафъ.\nИлия – А пакъ ясъ веламъ, господинъ аджи, кьешкье да го имафъ твоето богатство, та да видишъ колку чети кье составефъ, да и требатъ турцките бабаити що тепаатъ по созлийте и юначнитѣ чорбаджий за да даваатъ страфъ на народо и що да сакаатъ да грабаатъ и да обесчестуатъ, печалбитѣ пъкъ отъ грабаинето да му и носатъ на каймакамите на пашитѣ.\nКоне – Тоа е близо до умо, господинъ Илия: клинъ, клинъ тера, що рекле стари. Дѣдо Славейковъ пиша еднашъ во негоата газета оти бугарите дури стоатъ со скърстени рацѣ ке и тепаатъ и келшитѣ турци. Не е така бре бракья?\nИлиа – Така сме, господинъ Коне, така: да ви кажамъ нѣщо за коа бефъ дете; ме тепа едно турче и плачейки си дойдофъ дома, „що плачишъ бре синко?“ ме праша татко, е, ме тепа едно турче татко, му рекофъ, ами кай ти беа тебе бе синко дветѣ раце, за една глаа, неможеше да го отепашъ, та щто ке доеше ясъ кье тьргавъ; отъ рѣшетото си ти подолу? рѣшетото ако го настѫпишъ на лубо, кье скочи и почело кье те удритъ, а пъкъ ти, синко да му лежишъ, да те тепа едно келао турче. Море, море трѣба да знаишъ оти ако си офца секой кье те стрижи. Знаишъ како си и учатъ турците синои си: вуръ, вурулма.\nСлушай вамо синко още еднашъ, ако ми доишъ тепанъ, кье те скапамъ отъ кьотекъ, а пакъ ако тепашъ некое турче, бакшишъ кье ти даамъ. Ясъ сега кье ти простамъ.“\nОтъ овие зборои що ми и рече татко, господинъ аджи, не си дадофъ ни на турче да ме тепа, ни на каурче. Еве остарефъ и не сумъ удренъ, ама оти кье речите? Щомъ кье видамъ оти ска да ме удритъ еден турчинъ ясъ побѫрго него кье го удрамъ елъ чабуклукъ мариветъ велатъ турцитѣ, кой кье превари той кье удари, па ние велиме.\nХаджи Пано – Браосъ, господинъ Илия на твойотъ татко що те учи да немашъ страфъ отъ тие проклети турци, ами мойо татко и майка Богъ да и прости, знаишъ како ме учеа: „синко, коа кье видишъ нѣкое турче оти иди кай тебе да му се истаишъ, отъ пато ако те тепа, ти да не кревашъ рака, ами да му се молишъ, аманъ ага, простиме, аманъ ага простиме жити вѣра. Така да му се молишъ синко, кье те прости, ако не му се молишъ, кье го налутишъ да можи, я со ножо да те убоди, я со пищоло да те отепа, чунки сите турчиньа носатъ ножои и пищоли. Наведена глаа синко, сабья нея сечитъ“.\nЕте отъ ваквие зборои отъ майка ми и отъ татка ми що ми и велеа, бракьа, и день денеска не можамъ да и забораамъ и дури во соно и сонуамъ и се плашамъ.\nИлиа – Ами зеръ саде тебе те плашела майкати, ами цѣлио народъ бугарски, така е плашенъ отъ майкьи си уше въ пеленитѣ лели си имаме една детинска песничка: „тате, пате, евеи турцитѣ скрисе во гърнците.\nЕте отъ тоа да познаишъ оти страо ние още отъ мало се отъ тие проклети турци.\nСамо со ваквие бракья юнаци како Спиро Църнета и друзи кье и уплашиме турците и кье го насърчиме народо да сака свобода.\nБрао, брао (извикватъ всичките)\nВТОРО ДѣЙСТВИЕ.\n''Селската кукья.''\nКукята на Митре-селянина, въ село Вепърчани, въ срѣдата огнище, въ което гори огѫнъ отъ горе се забѣлезва оджака съ верушки и со котле закачено, около огнището столчета. На срѣщната страна нокьи подница и вършникъ. Отъ една страна стомни съ вода и дървенъ букаръ. На друга страна на колецъ закачени цървени пиперки.\nСцена пьрва\nМитре, послѣ Мара, негова жена\n(Митре сѣди по край огнището и пуши съ чибукъ тутунъ, а Мара до него прѣди со урка).\nМара – Е домакине, вчера куртулисафме не тепани, отъ той проклеть Кючукъ Сулиманъ.\nМитре – Вчера куртулисафме, Маро, ама денеска ако го донеси гялотъ, као кье куртулисаме, ако знаишъ кажими?\nМара – За да куртулисаме, Митре, поиди каи Георгия и кажиму що сака да ни напраи Кючукъ Сулиманъ.\nМитре – Е да що дека кье му кажамъ мори Маро?\nМара – Да бара некои край, да я куртулиме Тода. Ете тоа кье му кажишъ.\nМитре – Е арно неа той кье я земи и кье я куртулиса, ами ние, каи кье се вдениме отъ той песъ?\nМара – Ние нека умриме, само чедото да го куртулиме, да не ни го потурчи и сио сой во грефъ да ни го клаитъ, да занасъ као сака нека бидитъ.\nМитре – (главата си клати). Ей Маро, ей, ние да умриме а?\nМара – Да умриме, ами що дека сме живи? Зеръ некой поминъ сме поминале, да кье го жалиме поминотъ, Митрее.\nМитре – Вистина поминъ не сме поминале, ама животъ е мила дури гледаатъ очите бело видело, Марооо!\nМара – О, офъ море, домакьине, да за вакфаа животъ що живеиме, кусо нека е, коа неможиме стопани да се сториме ни на челатъ ни на стока.\nМитре – Колку затоа така сие Маро, ама деде.... Ай да се обуямъ и да му одамъ на Гьеоргьия да му кажамъ, друго чаре нематъ.\nМара – Що праишъ прай, дури е по бърго оди оти водата спие, душмано не спие. (Кучето лае и се чува гласъ: Митрее).\nМитре – Леле Маро, треба да е той, що лаи песо (трепери), я излези да видишъ кой е?\nМара – Море де, бре домакьине, що се плашишъ толку, биди машъ. Еднашъ кье умри чоекъ, що кье умриме утре, нека умриме денеска, кой сака нека биди.\n(Влизатъ: Кючукъ Сулиманъ, Фезо, Абдула, Алия и и Даутъ).\nСцена II\nКючукъ Сулиманъ – (гордо влиза вкѫщи). Тука ли си бре, Митре Чорбаджи?\nМитре – Тука сумъ, Сулиманъ ага, заповѣдай, добре сте ми дошле.\n(Поседна околу огнището).\nКючукъ Сулиманъ – Я ти море Митревице, що прауашъ?\nМара – Еве каи туку предамъ, Сулиманъ ага.\nКючукъ Сулиманъ – Е, кье работуашъ, зере ти не ме слушашъ на мене, да ми го дауашъ Тода, да ми го биди еденъ анѫмка и послѣ ичъ да не работуашъ и мажти нема послѣ ни да ора, ни да копа, чунки ясъ кье терамъ селаните да ви работуатъ на ангария.\nМара – Ни Тода тия давамъ, ага, ни па сакамъ селаните ангария да ни работатъ.\nКючукъ Сулиманъ – Ти не дауашъ, ама ясъ кье го земуамъ. Я оди да го викуашъ Тода, мори джадио, зере сега кье ти сечуамъ глаата.\nМара – Ами фчера, лели ти кажавъ, оти Тода е на поседокъ.\nКюукъ Сулиманъ – Демекъ ти фчера ме излажуа, ами ти лели кажуаше оти за денеска, кье го викуашъ, а пакъ сега, пакъ сакашъ да ме лажуашъ. Одуай джадио, да го донесуашъ Тода, кай си го криуала, зере валла, билля и жими еденъ турска вѣра, ако станамъ кье те скапуамъ отъ кьотекъ.\nМитре – Джанамъ не е работа, за со кьотекъ, Сулиманъ ага, со арно да е, со арно.\nФейзо – Ха, ете така, со арно, де со арно, ай оди бре чорбаджи Митре да го донесуашъ Тода, да я праша Сулиманъ ага, да ли сака да се турчи, ако некьи, нека ви седи – со сила нищо не бидуатъ.\nКючукъ Сулиманъ – Ха, ете така, као що вели Фейзо ага, донесуай го Тода, ясъ да го прашуамъ, ако некьи, нека ви седи.\nМитре – Колку за тоа аклиа си Сулиманъ ага, ама ясъ незнамъ во кое село е Тода – Мара знаитъ.\nМара – (сърдито). Ясъ знамъ, да незнаишъ лепъ вуста да си клаишъ. Слушайте агьи, агьи, ни Митре знаи, ни па ясъ знамъ каде е Тода. Кажете що ручекъ да ви напраамъ, да си ручате и со здравье да си ойте. Да тоа, що барате во нашата кукя го нема.\nКючукъ Сулиманъ – (сърдито). Али чу бе Фейзо ага, що лакардии зборуатъ?\nФейзо – Кога не му стануашъ со ятагано, да я наредишъ, елбете кье зборуатъ, я.\nКюукъ Сулиманъ – Демекъ ние сме чапкѫни, мори Маро, сакуашъ да кажишъ, а?\nМара – Ако не све чапкѫни, не ни идите на кукяава, два дни со редъ да ми я барате кьерка ми, Сулиманъ ага.\nКючукъ Сулиманъ – (сърдитъ многу, става и улавя я за космитѣ и удара я съ ятагана). Чапкѫни ли сме ние, джадио, една, на за тебе. (Пищи Мара: о, охъ, ясъ сирота да види Госпотъ).\nМитре – (троши си прьститѣ плаче). Аманъ Сулиманъ ага, що кье сторишъ, не вакяйте за кусуръ, оти толку е сечи умотъ, на Мара.\nКючукъ Сулиманъ – Чекуай, анасѫна, да го колуамъ той джадиа.\nФейзо – (става и улавя го Кючукъ Сулимана). Ай, простия Сулиманъ ага, за сега, да, ако не я донесуа Тода, послѣ, коли я. Маро, мори, що велишъ? кье одуашъ да я донесишъ Тода?\nМара – (плаче). Кье одамъ – да не пойдам со здравье. Офъ, ясъ сирота.\nКючукъ Сулиманъ. – Ойдуай еве кье те пущтамъ. За атѫро на Фейзо ага, ама гледуай вамо, ако не го донесуашъ, жими еденъ вера, кье те колуамъ. (Зима си Мара шамията, си я тура на глава и си върви). Слушай вамо, айде, бърго, одуай и бърго идуай, да месуашъ еденъ баница. Носуай и ти бре Митре ракьия, айде бърго.\nМара – (на страна). Ай да би се отруле и айръ не виделе. Да излезамъ отъ кукя надворъ, да ако се вратамъ, со куршумъ да ме удрите.\n(Излиза Мара).\nСцена III\n''Сѫщите безъ Мара''\nФейзо – Е, вистина многу лоша жена си ималъ, бре Митре.\nМитре – Вистина е лоша, Фейзо ага, ама де-де, що да ѝ праамъ?\nКючукъ Сулиманъ – Ти нема що да ѝ прауашъ, ама ясъ кье и напраамъ со овай адѫрбаба (хваща се за ятагано). Айде, ти да колуашъ еденъ ягне и да го печуашъ за ручекъ.\nМитре – Пекьи Сулиманъ ага, да одамъ.\nФейзо – Айде по бърго донеси ракьия, да после оди.\nМитре – Пекьи, Фезо ага, кье ви донесамъ и ракьия и мезе. (отива и имъ донаса). Повелете агьи, сами служете си, дури да дойдамъ ясъ, да послѣ ясъ кье ви служамъ.\nКюукъ Сулиманъ – Не сакуаме ти да ни служишъ бре.\nМитре – Е, ако нескате ясъ, Мара кье ви служитъ.\nКючукъ Сулиманъ – Не сакуамъ ни Мара, ни ти. Тода кье го носуашъ, тая кье ни служи. Айде бърго одуай да го найдуашъ кай сте го криуале и да го донесуашъ, зере, жими еденъ вера, лошо кье ви расипуамъ.\nМитре – Жими Госпо, Сулиманъ ага, незнамъ каде е. Мара я знаи каде е.\nКюукъ Сулиманъ – Мара, пара, ясъ не знауамъ; Тода да донесуате, зере жими еденъ вера, ке затворуамъ на кукята и живи кье ве горуамъ; айде одуай бърго и не гледуай пойке.\nМитре – (на страна). Леле, ясъ сиромафъ, живи кье не гори, нема вракянье назадъ. (Излиза бързо).\nСцена IV\n''Сѫщитѣ безъ Митрета''\nКючукъ Сулиманъ – (Дига чашата). Айде на здравье, бе кардашларъ. Охъ,охъ ха а, а, аренъ ракьия било, де бюрунусъ пиуайте. (сички на редъ пиятъ и мезе ядатъ).\nФейзо – Ама Сулиманъ ага, ако не му се пофалеше, да му удришъ еденъ кьотекъ на Мара, тая ущте чалѫмъ кье ни продааше.\nКючукъ Сулиманъ – Ами лели видуафте, каковъ асия каурка? Ясъ еденъ лакърдия му зборифъ, той две; еменъ, кога му удруафъ нѣколку ятагани: аманъ ага, простиме, вати да се моли и да плачитъ.\nФейзо – За тоя, така си е, Сулиманъ ага, на кауринъ лице да не му се дава, ами страфъ, страфъ и кьотекъ, да му земишъ, тоа що сакашъ.\nАлия – Джанѫмъ дилъ ми гяуръ, удри и друго нищо, зере на гяурино умо му иди на беганье. Ама не е вака Сулимань ага?\nКючукъ Сулиманъ – Така е Али ага. За да не кренитъ глаа каурите и да не земуатъ нашето царсто, трѣба да и тепуаме, да и колуаме, да му турчуаме момите и невестите.\nФейзо – Аклиа си Сулиманъ ага, така треби. Ако не му давате страфъ тие кье ни се качатъ на врато; Чункьи тие сетъ десетъ каури поекье отъ насъ.\nКючукъ Сулиманъ – Джанѫмъ, вистина сетъ много, ама еденъ турчинъ бъркуа четириесетъ каури, само со еденъ ятаганъ на рака. Знайте отъ денеска що кье прауаме кардашларъ? (сички му казватъ: айръ аберъ Сулиманъ ага). Ишалла айрлия етъ: ние трѣба да и биттѫрисаме неколку каури, що се готватъ да бида кумити.\nФейзо – Кайсе тие Сулиманъ ага, що се готватъ за кумити?\nКючукъ Сулиманъ – Биринджи кумити: той Спиро Църне, отъ Пирлепъ, Гьоргьи Лажо, отъ село Царевикъ, Илия отъ Башино село, той кьерата Иосифъ е, той Пецо и друзи ясъ що и знауамъ и той керата Ристе топало терзията, що и дупаатъ да се прауатъ кумити и да не тепуатъ насъ. Тие дури не и биттѫрисаме, кардашларъ, мене душата раатъ не ми чинуатъ.\nФейзо – Пекьи, Сулиманъ ага, уще отъ денеска да му го пущиме Мустрета протугьеро, да му бара трагата пешинъ, на Гьеоргьи Лажо, и да го биттѫрисаме него, после и друзите. А, щто велите вие бре кардашларъ? (сички му удобряватъ).\nКюукъ Сулиманъ – Нейсе, така кье прауаме. Еменъ, защо го нема да дойдуа, той Мара и той кьерата Митре? Даутъ ага бе, я чинуай еденъ зафметъ, да прашуашъ нисъ село, да не се криуале во некой кукя тие сфиньи.\nДаутъ – Пекьи, Сулиманъ ага, да прашуамъ, еменъ на кауринъ кой му праи добрина, на гяоло му пали кандило. (излиза).\nСцена V\n''Сѫщитѣ безъ Даута''\nФейзо – Као глеамъ Сулиманъ ага нѣма да дoйдатъ овие сфинье, що се забаия олку? Зеръ се уплаши Митре дека му се пофали да го горишъ жифъ въ кукята му, отъ той страфъ можи да не идитъ.\nКючукъ Сулиманъ – Джанѫмъ, ако го научи гяоло да не дойде, да кье види кой е Кючукъ Сулиманъ, ама нейсе. (Пушка пукнуа надворъ, сички уплашени ставатъ на нозе съ пушкитѣ врацѣ, насочени къмъ вратата). Държте се, бре кардашларъ, зере можи да е некоа потера (Влиза Даутъ и всички на мѣстата си).\nСцена VI\n''Сѫщитѣ и Даутъ''\nФезо – Море що беше таа пушка, бе Даутъ ага? Не исплаши сите?\nДаутъ – Мене ми се пущи Фезо ага.\nКючукъ Сулиманъ – Ай алла иликъ версъиъ, бе Даутъ; пакъ ние рекофме да не иди некоа потера на насъ, да не удритъ.\nДаутъ – Ха, потера кье иди на насъ, кога укьомато е нашъ.\nКючукъ Сулиманъ – Нейсе. Е, како се научи за овие сфиньи?\nДаутъ – Тиа избегале кай Гьеоргьия Лажо, чункьи тамо била Тода као що ми кажуаше Митре протугьеро. Знаишъ Сулиманъ ага, що напраифъ со Митрета? Го натерафъ да нарача въ село неколку мазници и друго, за ручекъ и у коджобашията да одиме да ручаме, чункьи овде нема да дойди, той кьафиръ Митре. Куршумъ за нифъ, куршумъ анасѫна.\nКючукъ Сулиманъ – Ашколсунъ, Даутъ ага, аренъ си сторуалъ. Ей бе кардашларъ, сега како есапите да му прааме на овие бунтовници?\nФезо – Бенджесъ, да му одуаме, кай той сфиня Гьеоргьия Лажо и да го биттѫрисаме. После да и ватиме Митрета и Мара, да му вързиме рацѣтѣ на опаку и да и донесиме овде, та да и затфориме во кукява и да и изгориме живи, а пакъ Тода кье го носуашъ на Пирлепъ и кье го потурчишъ. Ете вака да му напраиме, Сулиманъ ага.\nКючукъ Сулиманъ – Мунасипъ е така, Фезо ага, ашколсунъ на акъло. Що велуате вие, бе кардашларъ? (Сички казватъ: мунасипъ е, мунасипъ). Е, мадамъ така, айде стануйте да одуаме кай коджабашията, да ручуаме. (Сички ставатъ и си излизатъ).\nСцена VII\n''Митре, Мара и Тода.''\n(седатъ край огнището)\nМитре – Али я затвори Маро арно портата?\nМара – Я затворифъ, пуста останала.\nМитре - Санкимъ тие пци си скършия глаата, си отидоа уще кай пладне отъ нашево село, ама пакъ треба да се вардиме.\nМара – Ами не се научи за во кое село кье одеа?\nМитре – Алайлемъ во Царевикъ, да го тепаатъ Гьеоргъия, Маро.\nТода – Офъ да би Госпо и отепалъ, да би, бре тате, како и натералъ гяоло да го тепаатъ сиромашкиотъ Гьеоргьия, що очите му и вади?\nМара – Офъ мори кьерче, ти Гьергьиа го жалашъ, ами себе зеръ не се жалашъ?\nТода – Се жаламъ майко и себе ама ако ме граби тоа куче, по арно да ме отепа, отъ що сумъ жива.\nМитре – Госпо да те чуа кьерко; каи сила правина нема.\nМара – Каи сила Митре и синдилия кье му даи Госпо.\nМитре – Чулъ те Госпо Маро. Ама да не е подрекъ Маро, туку отъ каи що седиме, да и донеси гяолотъ, мрснитѣ, що би праиле?\nМара – Едно кье и чуеме пците да слаатъ и ке избегаме низъ мала врата и па кье се скриме у Спасета, као фчера и некни.\nМитре – Ами ако ни я вататъ и малата врата, послѣ що кье праиме?\nМара – После енеа секьирата, ти кье му застанишъ на голема врата и коа кье влегуатъ удри, а пъкъ ясъ, кье го земамъ кросното, Тода пиралката и кье му застаниме на мала врата и кой кье влези по глаа,и тука. Ете тоа не пери Митре, ако и донеси гяоло вечерва.\nМитре – О, о, офъ пусто останало, що кье отепамъ ясъ турчинъ.\nМара – Ако не го отепашъ ти, Митре, па той кье те отепа, я живъ на рѫженъ кье те печитъ.\nМитре – Офъ, ясъ сиромафъ, нема чаре, кье се умира, безъ дни. Офъ мори керче Тоде, како се запна тоа куче во тебе, да ни се запусти кукяата?\nТода – (плаче) Отруачка тате, дайте ми да се отруямъ, за да куртулисамъ отъ той проклетъ и вие живи да си бидите.\nМара – (сърдито) Душманите нека се отруятъ кьерко, душманите. Море оти не мислишъ що зборуашъ бре Митре, що ми го расплакуашъ девойчето? Си забралъ гайле, за умирачка. Ти и ясъ нека умриме, само Тода да я куртулиме.\nМитре – Е, ай нека умриме ние; е кажи сега, као да а куртулиме?\nМара – Море ние со тебе не омжиме да я куртулиме, лели се страшишъ отъ сенката, ами я си земи стапчето и пойди му кай Гьеоргия и донеси го овде, та да мислиме со него као да я куртулисаме.\nМитре – Арно велишъ Маро, ами не е кабилъ утре да одамъ по дене. Да не нещо ме начекаатъ на пато тие пци?\nМара – Море кой кье те види нокьеска, бре Митре, денье по арно можа да те вида, още денеска.\nМитре – (се ребри - свива рамена). И ясъ не знамъ као да праамъ.\nТода – Као що ти велитъ мама, тате, така праи; ай зготви се жити мене и пойди кай Гьеоргьия. (Ау, ау, кучетата лаятъ, гласъ отъ вънъ се чуе: брее, Митре, отворете портата бре; бамъ, бамъ тропа).\nМитре – Леле Маро загьинафме, етеи турците, угаси го виделото и айде да бегаме низъ мала врата. Дай рака Тоде (улавя я) и бегай да бегаме.\nМара – Замолчи бре Митре, замолчи не плашими девойчето; чекай да чуеме кой е той що вика. (За минута мълчание. Отворете бре лугье. Повторно вика). Гьеоргьия, Гьеоргьия е Тоде, запали виделото; да одамъ ясъ да му отворамъ.\nТода – Дууу, вистина майко Гьеоргьия е, оди и ти тате отвори му.\nМитре – Мори кьерко, арно ме терашъ да одам да му отворамъ, ами ако не е той?\nТода – Той е тате, той е, не плаши се.\nМара – Остай го мори кьерко, татка ти, еве ясъ кье одамъ. (Излиза).\n(Влиза Гьеоргьия гордо и обруженъ)\nСцена VIII\n''Сѫщитѣ и Гьеоргьия Лажо''\nГьеоргия Лажо (весело). Добро вечеръ Митре.\nМитре – (съ растреперанъ глас). Далъ ти Госпо добро, синко Гьеоргьи (улавя го за рѫка и целува го въ чело). Повелими, добре ми дошолъ. (Посочва му столъ).\nМара – (улавя го за рѫка). Е, добре ми дошолъ Гьеоргъи. Що чините?\nГьеоргьия Лажо – Добре найдоф Маро, арно сполай на Богу.\nТода – (улавя го за рѫка и плаче). Добре дойде, Гьеоргьи, що чинишъ? Како си?\nГьеоргьия Лажо – Добре ми те найдофъ Тоде, арно сумъ сполай Богу, ама ако знаефъ оти кье плачишъ, немаше да идефъ. (Къмъ Митрета). Да не сте я теплале Тода, татко Митре? Що вака рони солзи?\nМитре – Море кьешкье ние да сме я тепале синко, туку...\nГьеоргьи Лажо – (очуденъ). Що е тоа туку? Я кажете ми да чуямъ?\nМара – Море лели те донесе Госпо, Гьеоргьи, кье ти кажиме и сега на тие лакърдии бефме со Митрета и со Тода, да дойди Митре при тебе и да ти кажи нашата мака що я имаме отъ той проклетъ Кючукъ Сулимана, що сака да ни я пусти кукята.\nГьеоргьија Лажо – Е, е, вистина било иденьето на тоа куче при васъ, као що ми кажа еденъ приятелъ. Ами немоеше да дойдишъ, ти бре татко Митре, уще първио денъ, да ми кажишъ, оти Тода я сакалъ, за да дойдамъ и да му го угасамъ кандилото, на тоа звере?\nМитре – Е, да едно отъ пусти страфъ, да не ме начека некаде и друго си велефъ, белкьи кье се одмини, за да не иди, арно ама той па ни дойде и ни се повали да не изгори живи, фкукьи, ако не я найдиме Тода каде е скриена и ако не му я даиме да я турчитъ.\nМара – (дава му пагуръ съ ракия). Повели Гьеоргьи напи се една ракьия и да бараме вечера. Да лели те донесе Госпо, кье бараме со тебе некой край.\nГьеоргьия Лажо – Лесно е за вечера, мори Маро, я кажете ми що велеше той арамия, за мене и за Тода?\nМара – Ете така чедо Гьеоргьи, на двата пата що дойде, даде Госпо не я найде овде Тода, чунки беше на поседокъ у Спасета, да си сборуи со негоите девойчиня. Седнаа коа ядоа, пия, сърдце да и испие. И не ви, не сучи, во що дърво не пикна, за да му я донесиме Тода.\n„Ти знаешъ Маро кай ти е скриена Тода, я кя я донесишъ, я чаре не бидуа.“ Ми велеше: тоа що го барате вие во нашава кукя, го нема, му рекофъ. Ами лели се налути, кучето ни едно и ми рипна, да ме тепа дури му фтаса и ме натера да одамъ да я барамъ Тода и да му я донесамъ, да му тура ракьия. Арно ама ясъ си вативъ напреку и векье не се вратифъ.\nГьеоргьия Лажо – Демекъ Митрета самъ си го остаила?\nМитре – Самъ ме остаи, синко Гьеоргьиа и научи Госпо, да ме пуща да му коламъ яагне, му дадофъ ракьия и му рекофъ да си служатъ сами, отъ коа кье дойдамъ, после ясъ да му служамъ.\n„Море некямъ ти да ми служишъ бре кауринъ, ами Тода, Тода, да я донесишъ и таа да ми служитъ.“ ми рече наврекнато. На тоа Згора си зедовъ очите враце и димъ да ме нема, та сумъ ти се крилъ е, е, е, во спилине.\nГьеоргия Лажо – Разбрафъ сега Митре, мене ми кажа еденъ приятель отъ селово, ваше, за кой го дупелъ Кючукъ Сулимана да я сака Тода. Ама веричката кье му я менамъ и нему, та и нимъ.\nМара – Е да Митре, протугьеро е що го дупи, чункьи той ми потпущи зборои, да ми я сака Тода. Арно ама отъ коа разбра оти ти си я имашъ посестрима, я наклевети на Кючукъ Сулимана гьоа велела Тода нещо лошо за Кючукъ Сулимана; така и за тебе те клеветелъ.\nМитре – Повели Гьеорги, написе ракьия, оти и мене ми се пие. (пиятъ и двамата). Као мислишъ синко, Гьеорги, на ова згора?\nГьеоргьия Лажо – Предъ да дойдамъ овде Митре, ясъ измислифъ и му рекофъ на Спира Църнета да дойди овде ноькеска, али утре и да и чекаме тие пси, та да истепаме и да си ватиме планината. Ете тоа мисламъ и тоа кье го прамъ Митре.\nМара – Така треба за тие бездушници Гьеорги.\nМитре – Ай ако е кабилъ друго некое чаре барай му бре, синко, да не се праи у насъ таква кървнина?\nТода – Арно вели, тате, Гьеорги; ай во нашава кукя нека не биди кървнина.\nГьеоргия Лажо – Е, друго чаре, Тоде, нема, клинъ, клинъ тера. Друго чаре, ако идишъ ти у насъ, можи кървнина да не биди овде.\nТода – Що велишъ ти, мори майко?\nМара – Е лели ньекишъ и ти кьерко, овде се праи кървнина, оди.\nТода – Одамъ майко, ама и ти ако идишъ.\nМара – За атѫро твой кьерко и ясъ кье одамъ и толку.\nГьеоргия Лажо – Ай коа така гответе се, сега да си ойме, ако е нокье.\nМитре – Море вие арно кье ойте, ами мене кай кье ме остаите, бре братко?\nМара – Тебе дома кье те остаиме, да я вардишъ кукява.\nМитре – Ами ако дойдатъ тие кьрволочници, що праамъ ясъ после?\nМара – И понапре ти кажафъ клайсия секьирата задъ врата и коа кье влегуатъ, пресечиму глаите на сите и ела си ити кай Гьеоргьия Цареикь.\nМитре – О, о, ясъ коа кье му и пресечамъ глаите и на Госпо аберъ да му сторите, мори Маро.\nГьеоргия Ладжо – Демекъ ти се боишъ, татко Митре?\nМитре – Се боямъ ами, прашашъ.\nМара – Ами заощо си машъ? Баремъ не носи гакьи коа се боишъ.\nТода – (жалостно) Не задевай го мори мамо, татета, оти той е многу страшливъ; прегье, коа викаше Гьеоргия, той се стресе као пратъ.\nГьеоргия Ладжо – Ами као да му праиме Тоде на татка ти?\nТода – Као кье му праиме, кье го земиме и него, кай кье умриме сите и той нека умри.\nМара – Е, лели велишъ ти кьерко, нека иди и той и толку. Ай коа така да си прибериме алищата и да се оди, оти водата спие, а душмано не спие. После, Митре кье приготви коньите, (обръща се къмъ Митрета). Подай Митре врекьите да си клайме алищата. (Гуратъ си дрехите въ чувала).\nТРЕТО ДѣЙСТВИЕ.\n''Образувание на четата въ с. Царевикъ.''\nСцѣната прѣдставлява одаята на Ристе Коджобашията. На срѣшта стои единъ ковчегъ за дрѣхи покритъ съ бѣлъ чаршавъ. На около полица, която стоятъ саани и паници и нѣколко шишета съ ракия и вино. Една дългасофра въ средъ стаята и на около наредени столове. На стената единъ часовникъ на кьошето на сиджимка една кърпа за лицѣ. На источната страна една икона и кандило и два пищола окачени на стената.\nСцена първа\nРисте Коджобашията – Е, као помина на гости на с. Вепърчани Камче:\nКамче протугьеро – Со яденье, со пиенье, многу арно поминафъ Ристе, ама отъ проклети душмани лошо.\nРисте Коджабашията – Е зеръ те тепаа некой душмани, що лошо ти било?\nКамче протугьеро – Море, ни ме тепаа Ристе, ни ме караа, сиромаси вепърчанци, ами се ме гощаваа, со печени прасиня; туку лели е вера наша потурната и на сведено проклетите душмани раатъ не ни оставаатъ.\nРисте Коджабашията – Па ви дошолъ некой арамолебецъ да ви расипи соборо, као лани що отиде Кючукъ Сулиманъ во с. Царевикъ и му го расипа соборо.\nКамче протугьро – Ете истото и насъ не найде. Таманъ на ручеко го донесе едноногьио Кючукъ Сулимана, кондиса у коджабашията и го прати одавнико Мустрета да и собери сите селани да му я даатъ вергьията що му я върлилъ и нимъ, као и намъ. Као и мачи, коа и сучи: едни и тепа; друзи во кочина и затвори; трекьи и ѫрка и плука и дури не му зеде отъ неколцина по неколку лири и не и остаи.\nЗеръ беше му кажаль Мустре за мене оти сумъ тамо и ме викна, та ми рече: „бре, Камче кьерата, ти да одишъ на вашето село и да му речишъ на Ристета коджабашията, да ми я собери вергьията, за коа кье дойдуамъ тамо, да и найдамъ азѫръ парите, зере, ако не и найдамъ азъръ, жими турски вера, коскьите кье вии скършамъ. Ете као ти велаатъ, коа игра мечата у комшията, кье игра и у тебе.\nРисте Коджабашията – Ами отъ коа стана, отъ кай коджабашията, да не беше отишолъ кай Митрета, да му я граби Тода, посестримата отъ Гьеоргьия Лажо?\nКамче протугьро – Тамо беше ошолъ; арно ама, Тода не я нашолъ дома, тикьи коа беше и мачилъ, мачилъ и за малце кеа загубелъ Мара, чунки му се врекнуала.\nРисте Коджабашията – Мара е юнакъ, ами Митре е многу страшлифъ. Е, после, као напраия?\nКамче протугьеро. Као напраия; я пущилъ Кючукъ Сулиманъ Мара да бара Тода да му я носи, Митрета го пущи да му коли ягне и беа ти избегале и и остаиле сами во кукьи кърволочницитѣ.\nРисте Коджабашията – (очуденъ). Що ми кажа бре Камче? Се валеше да ни истепа а?\nКамче протугьро – Ами зеръ саде за насъ той се фали. Коа нашолъ село безъ кучина бесъ стапъ си оди.\nРисте Коджабашията – Имашъ прао Камче, ама сега векье дойде коса до камена, я косата кье се кърши, я камено: мене кье ме тепалъ, Гьеоргьия Лажо, Иосива и друзи мнозина, ама многу било малце останало, кье се бара краьо. Я ай пойди нисъ село и изкажиимъ на селаните нека дойдатъ овде, да видиме що кье речатъ.\nКамче протугьеро – Пекьи Ристе да и викнам. (Излиза).\nСцена II\n''Ристе Коджабашията'' (Самъ)\nРисте Коджабашията – Ова зафалуване отъ тоа куче, не кье ни излези на арно, така ми се чини. Ами зеръ саде той арамия иди у насъ. Рани и со пържени кокошкьи и со кошеи питулици и на яаденье плакяй му и дишъ пара си.\nЕхъ! сполайти Господи, що толку си не колналъ и си ни пратилъ: Кой се тепани? Рисяните. Кои се грабени? Рисјанитѣ. Кой с ѫ турчени? Рисяните. (Дига рацете и очите на горе). Господи, нема да се смилишъ за насъ да не избавишъ отъ овие кърволочници и да речиме и ние сполай Богу? Али до века вака кье бидиме мачни?\nЕксикъ нека е и вакофъ животъ що го живейме ние. Дома да седишъ на трепетъ да си, ако лавни песо, мислишъ да не дойди некой кьеседжия; на патъ да одишъ, као заякъ да се страшишъ, отъ една шумка ако шумни; на пазаръ ако пойдишъ, ангария кье те вататъ да носишъ со коньо, я некой дервишъ, я некой арапъ во Битола, я во Велесъ; ама оти си ималъ я свадба дома, я некой умренъ, ичъ не те прашаатъ и не те слушаатъ, кье ти го грабнатъ коньо и ако сакашъ не оди со дервишо Битола. Коньо кье си го продаи и остана безъ конь! Ами зеръ саде таа мака я имаме ние! Арно вели попъ Петре: „дури сме овци, секой кье не стрижи и кье не молзи.“ Бракя споредъ мене треба, да се бара некое чаре, да се оприме на злото и друго нищто.\n(Дохажда попъ Петре, Камче и сичкитѣ селани влизатъ при коджабашията).\nСцена III\n(Ристе коджабашията, попъ Петре, Камче, дедо Димо, Иосифъ, Цветко и селани).\nРисте Коджабашията – Е, оче свети и вие бракя селани Камче ви кажа, за Кючукъ Сулимана що зулуми праелъ во Вепърчани и денеска, утре иделъ при насъ, да си земи парите. Що велите сега? имате пари да му даате, али немате? Ясъ еднашъ петъ пари скършени не му давамъ, а не петъ лири, що ми сака.\nПоп Петре – И ясъ сумъ безъ пари Ристе. Що велите вие рисяни?\nСеланите – Що има да велиме. Ете некни плативме беглико, вчера вергьията и сега сме безъ пари и борчлии до гуша. Да, ако дойди Кючукъ Сулиманъ, вие кье го молите, да не почекатъ до гумно и тогай кье му дааме.\nДедо Димо – Богами, той не не праша, али имаме, али немаме: одъ залого кье си делиме и не му кье му даиме.\nКамче протугьеро – Е, арно ти имашъ, бре дедо Димо, да му даашъ, ами ние що немаме, що праиме?\nДедо Димо – Одъ дърво, отъ каменъ, кье си найдите и кье му даите, оти инакъ кье играте петькаменъ.\nПопъ Петре – Дедо Димо и ти трѣба да си со насъ, да го молишъ Кючукъ Сулимана, да не почека до гумно баремъ.\nДедо Димо – Можи и ясъ да го помоламъ, ама ако го изваи свети Никола, па кье му даамъ: бели пари, за църни дни.\nРисте Коджабашията – Арно ти кье му даишъ, бре дедо, туку треба да не пожалишъ и насъ, оти коа кье види оти ти пари кье му даишъ, кье ни се тоари на сите и можи некой пакосъ да ни сторитъ.\nДедо Димо – Е, ай нека дойди, да кье глеаме и кье праиме.\nПопъ Петре – Е, ай Госпо да те учи на арно, чорбаджи Димо. Е, що велишъ Ристе, сега тие сетъ збороите, ако дойди, Кючукъ Сулиманъ, кье го молиме, да не почека. (На пѫтната врата лаятъ кучетата).\nРисте Коджабашията – Я види на кого лаатъ кучинята, бре Камче. Е, е, дури да пойдишъ ти Камче, да видишъ кой е, тие сами си дойдоа. За волко зборуаме и волко задъ врата. Еве ни го Кючукъ Сулиманъ, стануйте сега да го пречека ме. (Сичкитѣ ставатъ).\n(Влизатъ: гордо Кючукъ Сулиманъ, Фезо, Алия, Абдула и Даутъ, и поседнаха на стола).\nСцена IV\nКючукъ Сулиманъ – Е, како си бре попе?\nПопъ Петре – Арно, сполай Богу, сме Сулиманъ ага, ами вие како сте?\nКючукъ Сулиманъ – Аренъ и ние сме. Седуай попе, седуай. (попа седи) седуайте и ти бре коджабаши и ти чорбаджи Димо. (Седатъ). Е, собруафте мойто вергьија, коджабаши?\nРисте Коджабашията – Е те, за тоа сумъ и собралъ селаните, Сулиманъ ага, арно ама, ете край година сме, що имаше и зедофме: еве некни дойде бегликчията, вергьиджията и ни собраа сите пари, та нити петъ пари не ни останаа. Тьа ке те молиме, кье не почекашъ, до кай гумно и тогай кье ти даиме, дай Боже здравье!\nКючукъ Сулиманъ – (сърдито). Видуай сега що ми зборитъ, кодошъбашията; море пари сакуамъ, пари, ясъ бегликчия, мегликчия, не знауамъ, зере жими единъ вера, лошо кье ве расипуамъ сите.\nПопо – Ти биди жифъ Сулиманъ ага и пари кье ни даи Госпотъ, ако не денеска – утре, що се вели зборъ.\nКючукъ Сулиманъ – Е, ай дауай сега, за утре ясъ не можамъ да чекуамъ.\nПопо – Еда, лели ти кажа коджабашията, Ристе, оти сеа, за сеа немаме, кье не почекашъ, дури да си найдиме крайо.\nКючукъ Сулиманъ – Со тебе колай, попе. Я ти бре коджабаши, кье дауашъ пари, али и ти немуашъ?\nРисте Коджабашията – Е, и ясъ немамъ Сулиманъ ага.\nКюучукъ Сулиманъ – Я вие бре каури. Иосифъ, Цветко, ивие немате? И ние нѣмаме. Арно велуате немаме, ами ако го извадамъ той ятагано (показва ятагано на дѣда Дима). Я ти бре чорбажи, кье дауашъ пари, али да го мърсамъ баремъ отъ тебе ятагановъ?\nДедо Димо – Джанъмъ и ние не оти имаме, ама кье ти се даитъ некоа пара. Ами колку пари сакашъ отъ мене Сулиманъ ага?\nКючукъ Сулиманъ – Ха, ищте та си асъ рая чорбаджи Димо, (Камче настрана, асъ рая е той, що ти дава пари, а пакъ ние сме сите кумити). Зеръ не знауашъ колку пари ти сакуамъ? Чекай да го изваудамъ тефтеро (изважда тефтеръ) на тебе десетъ, на Ристе коджабаши петъ и на сите дтуги селани по три лири. Айде дауай чабукъ.\nДедо Димо – (изкарва кьесето и му брои). Ако е кабилъ Сулиманъ ага, ай прости ми баремъ една лира, оти и ясъ со муамле сумъ и зелъ отъ сарафъ, овие лири.\nКючукъ Сулиманъ – Море не велуайми да ти простуамъ бре чорбаджи, ами рачуайми, да ти го ресуамъ есамето, за да не ти остануа бекае и после да ти сакуамъ два пати. Разбра?\nДедо Димо – Е, коа така, ресими го есамето.\nКючукъ Сулиманъ – (зима паритѣ). Ха, ище го ресуафъ, айде гайле немуай сега. Айде дауайте и вие бре каури.\nСите – Колку за сега Сулиманй ага немаме да ти даиме, ти биди жифй, кье не почекашъ, до кай гумно и кье ти даиме.\nКючукъ Сулиманъ – Гумно, гумно, ясъ не разберуамъ, я пари, я жими еденъ вера, кье ве расипуамъ и васъ.\nФезо – Ай за атѫро мой дай му десетъ дни мувлетъ нека си найдатъ крайо, Сулиманъ ага.\nКюучукъ Сулиманъ – Е, айде кье ви даамъ мувлетъ да еденъ недела. Ама ако не си го найдуате крайо, пѫрво тебе попе, кье те расипуамъ као що го напраифъ попа Цветка и после коджабашията и после сите кье ве колуамъ, жими еденъ турска вера. Айде сега Камче нарачуай ручекъ по селото и носуай кай чешмата во корията. Ай аркардашларъ, стануайте да одуаме.\nСцена V\nПопъ Петре, Ристе коджабашията, Гьеоргьия Лажо, Спиро Църне, Иосифъ, Илия, Камче и Пецо.\nРисте Коджабашията – (сички го поглеждатъ). Ей бракя, вие знаите заощо ве повикафъ оваа вечеръ, чункьи Камче на сите ви распраилъ, за никому да не кажите оти сте у мене и що сакаме да праиме, чункьи оваа работа сака и муата да не не разбери. Еве ясъ и жената я пратифъ кай майка е на гости, за да не чуе тоа що кье зборуаме. Ете и Камчета протугьеро го остаифъ на порта да седи и да варди, да не дойди некой гьаолъ, да не найди собрани и да си испатиме.\nПопъ Петре – Колку за тоа, така треба Ристе, се що имате ниетъ да праите, никому да не кажуате, оти и зидо има уши, що се рекло отъ стари. Ами ако сакашъ Ристе прекажи ми за попа Цека, Богъ да го прости, како го утепа той кърволочникъ?\nРисте Коджабашията - Ете така, као що знаишъ: видейкьи в’Прилепъ го начекалъ Кючукъ Сулиманъ кай Оджоо долче и немайкьи пари да му даи, го турналъ отъ коньо и го утепалъ отъ кьотекъ и се врати дома, и по некой день си умре, сиромаио, као що умираа светийте.\nПопъ Петре – Проклета му душа, му и остаи дечиняата сираци. Ами одощо го пизмеше толку бре Ристе, попа Цека, той арамия?\nРисте Коджабашията – Най многу го пизмеше оти му го сакаше чифлико що го има овде, гьеоа да му го купи и да си го напраи чивликъ. Попо не му го продааше, чункьи знаеше оти пари не кье земеше и некьеше трнъ да ни клаи во селово. Ете затоа го отепа.\nГьеоргьия Лажо – Офъ, бре, попе Петре, арно него го отепа за дека не му далъ пари и чифликъ, ами мене за ощо сака да ме отепа? Дали да ми и земи магаринята що носамъ варь во Прилепъ?\nСпиро Църне – Не за магаринята, ами за посестримата, да ти я турчитъ, а мене за дека не го остаафъ въ градъ да бърка убаите рисянчиня; а пакъ секой рисянинъ той зверъ кье тепа, кье граби и кье турчи, дури не се здружиме неколцина и го сотриеме.\nРисте Коджабашията – За тоа оти е така, некьи некое веленье Спиро и затоа ве викафъ, у Гьеоргьия да се обружиме неколцина и еденъ часъ побърго да го сотриеме, доста векье мачи народотъ.\nПопъ Петре – Браосъ, да вие алалъ. Е, коа така кажуйте сега, отъ васъ кой кье приима да биди войвода?\nГьеоргьия Лажо – Спиро кье ни биди войвода.\nСпиро Църне – Не ясъ, ами ти кье бидишъ брате Гьеоргьи, оти ти си повещъ отъ мене по планиньето.\nГьеоргьия Лажо – Не, ти кье бидишъ, Спиро, оти си по юнакъ, твоята юнащина се виде на Църковна порта и си по уменъ као грагьянецъ, знаишъ турскьи и арнаутскьи, а пак ясъ кье ти бидамъ помошникъ.\nПопъ Петре – Е, ай да сте ми блаосоени, мунасипъ е Спиро да биди войвода и Гьеоргьия помошникъ. Ай, одбери си Спиро войводо, сеа другари.\nСпиро войвода – Що велишъ ти Гьеоргьи, кого велишъ да ни бида за другари?\nГьеоргьия Лажо – За другари сите чинатъ що се овде Спиро, ами ясъ мисламъ, Илия, Иосифъ и Пецо, тие доста се и ние двата петина.\nПопъ Петре – Айде нека вие брастото айрлия, стануйте бакнете се и ако сакате да ви пеямъ една евангьелия, за свети Иоанство и побратимство. (сички ставатъ ги намета со петрахиля и чита евангьелие): „Отъ Иоана светаго Евангелие вонме.“ Рече Господъ ученикомъ своимъ: сия iестъ-заповѣдъ моя, да любите другъ друга якоже возлюбихъ ви. Болше сия любовь никтоже иматъ, да кто душу свою положи за други своя. Слава тебѣ Господи слава тебѣ“ (сички пакъ седатъ на местата си). Е, честьта нека вие побратимство. Чуфте вие бракя що вели Ристосъ: нема по голема любовь и по големо добро да си я даи чоекъ душата своя, за брата си.\nВеруйте ми юнаци, оти и ако умрите, за народо, ичъ да не се жалите, оти вашите ииминя, кье бидатъ прославени и на земята и на небото. Сега мене изимъ бракя, да си одамъ, оти утре кье пеямъ литургьия и вие чинете си лакърдиите. Айде добра ви нокь. (сички ставатъ и го изпровождатъ).\n(Излиза си попъ Петре)\nСцена VI\nСѫщитѣ\nСпиро войвода – Ама да му е алалъ на попа Петрета.\nРисте Коджабашията – Попъ Петре е за народо Спиро е етъ най скришенъ кофчекъ. Као що беше и попъ Цеко, Богъ да ни го прости. Ами за оружие бре Спиро войводо, као мислишъ?\nСпиро войвода – Оружьето ние готоо, Ристе, и е овде. Подарено ни е отъ неколцина чорбаджии, мои приятели и Гьеоргьиои.\nРисте Коджабашията – Браосъ, да живеятъ таквие чорбаджии, а не као нашио дедо Димо, що се страши као заекъ.\nГьеогьия Лажо – Колку за тоа Ристе, така си е. Нейсе сега, арно кье сториме да си вечераме, що далъ Госпо – лепъ и солъ. Темелко бре, я принеси вечерата (Принеса се хлебъ друго). Повели Ристе коджабаши, написе ракьия. (Ристе благославя, пие и сички наредъ поканва). Де буюрумъ, вечерайте и декшайте, що далъ Госпо – лепъ и солъ. (сиччки ядатъ). Донеси гърнето вино, бре Темелко, да се напиеме (Донаса и сички наредъ благославатъ и пиятъ).\nСпиро войвода – Побратиме Гьеоргьи, е ай рекния некоя песна, малце речоита и многу гласоита, за инато на душманите, да отъ утре па по планининье кье пеиме со славеите.\nГьеоргия Лажо – Пеки побратиме, (песо лаи) я чекай да видамъ кой кье биди що лаи песо, (излиза на вънъ и се врща съ баба Мара и Тода). Евеми и милите гости бракя, (сички шаватъ весело).\nМара – Добро вечеръ бракя. (Сичките ѝ казватъ: „далъ ти Госпо добро майко Маро, повели де повели седи. Тя седа на трпеза). Ха така де, веселете се и радуйте се (сички се смѣятъ).\nСцена VII\n(Сѫщиѣ, Камче, Мара и Тода)\nКамче Протугьеро – Добро вечерь бракя (ловиги за рѫка на редъ), како сте, що чините? (Мара и Тода и тѣ се здрависватъ со сички).\nГьеоргьия Лажо – Е Маро, знаишъ що ве викнафъ со Тода?\nМара – И знамъ и незнамъ Гьоргьи.\nГьоргьия Лажо – Ете овой етъ, Спиро, що ви кажуафъ коа ве зедовъ отъ кай васъ и сега си го напраифме войвода, а пакъ ние четворицата (ги показва на име), кье му бидиме другари, кье му търгниме по траго на Кючукъ Сулимана, да го сотриме и вие да си одите дома, а пакъ ние отъ коа кье го сотриме, кукята наша кье ни биди планината, а братъ, сестра, посестрима и майка ке ни биде оружието.\nМара. Госпо отъ браство да не ве одели синко и Госпо да ви поможи, да го сотрите той зверъ, за да ви благново цѣлио народъ. Бидете юнаци, тепайте турци кърволочници и не страшете се.\nСпиро войвода – Браосъ стара, майко, ете и моя майка на твой умъ етъ. Уште коа го отепа Кючукъ Сулиманъ попа Цека, ми завика, за да одамъ по него и да го отепамъ, ете сега кѫсметъ и со Бога напретъ, кье го истребиме той трнъ и друзи многу.\nРисте Коджабашията – Камче бре, я тури му по едно вино на Мара и на Тода, да се напиятъ и да се поразвеселатъ, (на сите му тури вино Камче). Ай сега де кому му е редо, нека речи една песна. Ай брате Гьеоргьи речи и ти една песна.\nГьеоргьия Лажо – Пекьи, Ристе, да речамъ, ама да ми помагате. Ай Тоде и ти помагай ми; развеселисе, не стой смуртена жити мене. (Пѣе):\nМи заплакала гьиди Стара Планина\nШо я дочула гьиди Пиринъ Планина.\n- Ай що ми плачишъ гьиди Старо Планино?\nКакъ да не плачамъ гьиди Пиринъ Планино.\nСекое лето гьиди булюкъ кумити,\nОваа година гьиди деветъ булюци\nДеветъ булюци, гьиди се макьедонци,\nНапре му оди гьиди Илю Войвода и пр...\nЕте и отъ мене една песна, сега редо му е на Спира да речи една грацка. Повели Спиро написе, оти жаба на суо не кърка. (Смѣхъ).\nСпиро войвода – Да зеръ и ясъ сакате да ви речам песна! Е ай, коа така, да ви речамъ, ама помагайте сите и после Тода кье ни речи. (Смѣе се Тода). (Пѣе):\nОдъ върфъ Пиринъ планина\nЖалостенъ гласъ се слуша,\nМакьедония плачи (2)\nПлачи, жала, сирота,\nЗа свойте мили чеда,\nИстепани отъ турци (2)\nМакьедония вика,\nЮнаците да стана,\nСо ножеи и пушкьи (2)\nДа бранатъ свойте бракя,\nОтъ турци що се мача\nОтъ петъ стотинъ годинъ (2)\nЕте ви и отъ мене една песна. Кой знаи да ли ве бендиса?\nМара – Чуфъ те синковци, заощо плачи Макьедония? Плачитъ за зулумите що и праатъ турцитѣ и ве викаатъ васъ юнаците, да истепате лошите турци и да не браните насъ сиромаси.\nГьеоргьия Лажо – Ете затоа майко, Мара и ние се обружаме, да истепаме лошите турци и слободия да биди, за сите бракя рисяни.\nМара – Да сте ми живи, синковци и Богороица да ве укрили и да ви поможи, да истребите тие кърволочници и тие кърстени гьаоли, що не предавааът.\nСпиро войвода – Ишала, ако сака Госпо Маро, се кье биди. Е, Ристе, сега изинъ дай ни да си полежиме, оти многу седофме. Сега, као що се рече прегье, чуфъ не чуфъ, видофъ не видофъ. Ха, ами Тода не ни рече една песна.\nТода – (плачи и се смѣе). За мене песна, брате Спиро, не треба, оти що убаина гледамъ, да да пеямъ?\nГьеоргьия Лажо – Те моламъ, мило Тоде, не плачи, не парай ми го сърцето. Биди юнакъ, коа майкати, а не биди коа таткати. (Става). Ай да си ойме сега. Збогумъ Ристе (се рукува со сичкьи) айде Маро и ти Тоде помене да ве однесамъ дома. (Сичкьи тргватъ да си ходатъ).\n(Излизатъ си сички).\nIV-то ДѣЙСТВИЕ.\nУбиванието на Кючукъ Сулимана\nСцената прѣдставлява пѫтъ въ гората Рамна Бука. На долния край чешма. На сретъ пѫтъ единъ белъ каменъ.\nСцена първа\n(Спиро войвода, Гьеоргьия Лажо, Илия, Иосифъ, Пецо и Каме протугьеръ, седатъ задъ шумаритѣ и кроятъ планъ, какъ да убиятъ Кючукъ Сулимана)\nСпиро войвода – Као ти рече Найдо фчера, бе Камче, за Кючукъ Сулимана? Али кье иди за вамо?\nКамче протугьеро – Ми рече оти безъ друго денеска кье иделъ, за вамо Кючук Сулиманъ, да го тепа Гьеоргия и после Ристето и сите селани за пари.\nСпиро войвода – Коа така, земи си пушката и оди негде на некоя чука, та едно кье го видишъ, оти иди за вамо, ти кье се вратишъ до негде и кье ни викнишъ гьеоа козите влегоа во ѫржта и ние кье се сетиме оти иди Кючукъ Сулиманъ. А пакъ ти кье одишъ дебнишкумъ и коа кье дойда кай чешмата, да пиятъ вода, можи и тамо да се почина и отъ коа кье тргна за вамо, ти кье а ватишъ чешмата, за метеризъ и кье глеашъ, ако ни куртулиса некой одъ нашите пушкьи, ти кье го удришъ. Лели арно е вака бракя? (Сички му удобряватъ). (Камче дига си пушката и си отива).\nСцена II\n(Сѫщитѣ безъ Камчета протугьеро)\nГьеоргия Лажо – Ей, сега Спиро, као велишъ да го удриме, ова звере? Дали отъ пусия, дали на ачикъ да му излезиме?\nСпиро войвода – И на ачикъ да му излезиме, кье го отепаме и отъ пусия, па кье го отепаме, Гьеоргьи, само ако го донеси гяоло, да помини по овай патъ.\nПецо – По арно да го удриме отъ пусия войводо спроти мене.\nСпиро войвода – Демекъ коа има чоекъ маша, да го вакя огно, не треба да го вакя со рака, сакашъ да кажишъ. Не, ясъ веламъ да го удриме е по арно. Као велишъ братъ Гьеоргьи?\nГьеоргьия Лажо – Еве као веламъ ясъ: ясъ и Илия кье му седниме одъ десно, ти и Иосифъ налево, а пакъ Пецо задъ оной каменъ, отъ пусия му седни, ко що вели той.\nСпиро войвода – Арно го измисли, и ясъ на той умъ сумъ. Молчете! а! ене кай вика Камче. Стануйте секой на местото и ножейте да ви бида готои, секой по еденъ да си определите. Кючукъ Сулимана мене да ми го остоите и дури не пукни моя пушка, вие да не върлате и ако нещо се даврандиса некой, ножейте да ви бида предъ васъ и сечете му глаите. Ичъ да се не бойте бракя, оти отъ турчинъ по страшлифъ нема, коа кье види друкъ, оти кауринъ му се опиня со ношъ, али со пушка. Айде сега секой на мѣсто. (Сички отиватъ по мѣстата си).\nСцена III\n(Сѫщитѣ и Кюучукъ Сулимана, Фезо, Абдула, Алия и Даутъ, седатъ до чешмата и се разговарятъ)\nКюучукъ Сулиманъ – Я айде бе кардашларъ да прауаме по еденъ цигара. Абе Даутъ ага, защо си толку бесъ кеифъ денеска?\nДаутъ – Остайсе Сулиманъ ага, алай се версе, зере...\nКючукъ Сулиманъ – Еле, еле, айръ аберъ, кажи да чуямъ, що алъ имуашъ?\nДаутъ – Остай ме, алайсе версе, Сулиманъ ага, оти не е за кажуанье.\nКючукъ Сулиманъ – А бре Даутъ ага, ние лели сме аркадаши, треба да кажуашъ кой що ти речуа и да се не анладисаме, елбете.\nДаутъ – Никой нищо не ми речуалъ Сулиманъ ага, еменъ нокьеска видофъ еденъ лош сонъ, да за тай сонъ сумъ бесъ кьефъ.\nКючукъ Сулиманъ – (Ха, ха, ха). За ощо си беруалъ гайле. Я кажуай да чуяме, що сонъ си видуалъ?\nДаутъ – Дилми уще фчера ниетъ сторуафъме, да одуаме у той домузъ Гьеогьия Лажотъ.\nКючукъ Сулиманъ – Е, после? Да що дека сторуафме ниетъ?\nДаутъ – После, видуафь на сонъ санкьимъ бефме кай Гьеоргьия и ни кладе по еденъ фесъ на глаата. Да бенджесъ, не треба да одуаме кай той свиня, да не оградисаме некоя беля.\nКюучукъ Сулиманъ – Ехъ, защо си беруалъ гайле, бе Даутъ ага и си се страшуалъ отъ той Гьеоргьи, кауринъ. Жими еденъ вера, вечерь кога кье одуаме у той свиня, кье го теруамъ да ни купи на сите по еденъ тунусъ фесъ, со се пискюлъ. Я удруай го карадузено бе Фезо и речуай мойто песна, да расшениме Дауте.\nФезо – Пекьи Сулиманъ ага да удрамъ. (Свири и пѣе);\nБогъ да го бие джанъмъ,\nБогъ да го бие,\nБогъ да го бие джанъмъ,\nТой Кючукъ Сулиманъ,\nЩо ми по собралъ джанъмъ,\nЩо ми пособралъ,\nЩо ми по собралъ джанъмъ,\nВерна дружина,\nВерна дружина, джанъмъ,\nВерна дружина,\nВерна дружина, джанъмъ,\nСедумдесе мина и пр...\nКючукъ Сулиманъ – (весело). Я па бе Фезо апо. Айде стануйте да одуаме, (Сички ставатъ и търгватъ да пѫтуватъ. Фезо следва песната Богъ да го бие).\nСцена IV\nСпиро войвода – (силно вика). Богъ нема да го убие, бре куче, ами Спиро кье го убие (гръмватъ сички, пада Кючукъ Сулиманъ ранетъ и трима мъртви, Даутъ избегва). За васъ вака треба кърволочници. (Спуска се съ ятагана върху Кючукъ Сулимана, да го сечи. Кюучукъ Сулиманъ зима мартинката, да стрела върху Спира.)\nГьеоргьия Лажо – Пази се войвода, оти ова куче кье те убие. Чекай Сулиманче, чекай и Гьеоргьия да ти удри еденъ куршумъ по рацѣтѣ твои. (Гръмнува и го рани въ рака).\nКючукъ Сулиманъ – Офъ аначе, умрефъ аначе, (сички се спускатъ върху Кюучукъ и другаритѣ му. Спиро и Гьеоргьия, почнаха да го сѫда, а другьите обезорѫжиха тримата другари).\nСпиро войвода – Улдумъ аначе, виде бре куче, како боли куршумо? Ти си що ми се валеше да ме отепашъ? Ти беше що го отепи попа Цека, за да му го земишъ мулко? На, затебе бездушнику, (удара го съ кундако въ гради, Кючукъ Сулиманъ плаче).\nГьеоргьия Лажо – (сърдито). Сечи му глаата, войводо, на той зверъ турчинъ що го судишъ? Той е одъ Бога пресуденъ, да се губи. (уруя го и той). На затебе песу, ти беше що пойде при посестримата моя да я грабишъ и даа турчишъ? На затебе (па го удара). Виде као боли?\nКючукъ Сулиманъ – (плаче). Аманъ бе кардашларъ Гьеоргьи и ти Спиро войводо, не губете ме, ами земете ме есиръ и пратете еденъ чоекъ кай татко ми, да му сакуате осумъ стотини лири що имаа во моио сандѫкъ и после пущайте ме.\nОхъ анасѫнѫ, ме зедуа на душа: каймакамо и кадията, що ме пущия да пленуамъ раята и да си и делуаме парите со нифъ.\nКье ве моламъ бре кардашларъ, да баруате некое чаре, за тие лайни каймакамо и кадията да и тепуате, за да не пратуатъ другъ како мене, да го сойдиса раята.\nСпиро войвода – Отъ коя търговия си ги спечелилъ толку лири, бре куче крастао? Що кье ни и давашъ намъ за откупъ, ти треба да знаишъ, оти ние не сме излегле за пари, ами да очистиме търнье као тебе, що така безжалостно и мачатъ христяните. На ти откупъ, що си сторилъ да и яйдиш. (Мушва го всърце и умира Кючукъ Сулиманъ). Айде сега бракя да му ойме кай Хюсеинъ Сомуна и кай Мустрета, дури е бърго, да и сотриме, да после, кье глеаме и кье праиме. (Обиратъ му и нему оружьето и си върватъ во гората).\nИлия – Ей шукьуръ на Бога, Спиро войводо, що и спастрифме овие кърволочници и го избаивме народо отъ нифъ Гьеоргьи, коа кье чуятъ селаните, кьизнаи колку радосъ кье сторатъ, а пакъ най многу радосъ кье стори Тода посестримата. Слушуайте сега, другари, една песна що му уйдисафъ на Спира войвода (пѣе):\nБогъ да го бие той Кючукъ Сулиманъ,\nЩо ми пособралъ верна дружина,\nЩо ми расфьрлилъ тежка вергьия,\nПо сека кукья по две три лири.\nБогъ да го бие той Спира войвода,\nЩо ми пособралъ верна дружина,\nИ ми отишолъ кай Рамна Бука,\nТа ми го удрилъ той Сулимана.\nПиснало турче силно да плаче\nИ Спира Църне да си го моли и пр.\nЕ Спиро войводо, те бендиса песнава що ти я извадифъ?\nСпиро войвода – Браосъ Илия, браосъ, много си билъ майсторъ. Благодаримъ, айде сеа да вървиме, оти Даутъ куртулиса колку за пакосъ той кье кажи на конакъ и кье тѫргни голема потера по насъ треба да ватиме некое арно место, али да превърлиме мориоското. Камче бре, Камче айде ти оди си в’село и кажи му на Ристе коджабашията, да се радуатъ. Отъ овде сега каде да одиме да отнесиме ущте нѣколко тьрне що ни нарача приятелите. После по снегове нечини да се седи овде по планинево оти трагата кье ни я найдатъ по снего, ами да превърлиме во Бугария али Сърбия. Дай Боже здраве на пролетъ кье се връщаме да чистиме душманитѣ турци.\n(Дигатъ пушките на рамо и излизатъ)", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%B5_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0", "word_count": 11602, "cyrillic": 0.998}
{"id": "10101", "title": "Закон за амнестија (2018)", "text": "1) Со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор (во натамошниот текст: „амнестија”) лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.\n(2) Со амнестија од ставот (1) на овој член се:\n- ослободуваат од кривично гонење според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со собраниските настани од 27 април 2017 година,\n- запираат кривичните постапки за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија против лица осомничени и обвинети, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело до денот на влегувањето во сила на овој закон,\n- ослободуваат од извршување на казна условна осуда и се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата кои сториле кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија, а во врска со настаните од Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, а кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со извршување на казната условна осуда или издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија.\n(3) Одредбите од ставот (2) алинеи 1, 2 и 3 на овој член не се однесуваат за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до денот на влегувањето во сила на овој закон сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност” од членот 324 став 1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од членот 313 од Кривичниот законик, кривичното дело „Убиство” од членот 123 од Кривичниот законик, кривичното дело „Насилство” од членот 386 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија” број 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/17).\n(4) Овој исклучок не се однесува на сторители на кривичното дело „Насилство” од членот 386 од Кривичниот законик, како и сторители на кривичното дело „Здружување заради непријателска дејност” од членот 324 од Кривичниот законик во врска со членовите 18, 19, 23 и 24 од Кривичниот законик.\n(5) Се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегувањето во сила на овој закон.\n(1) Постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка, се поведува по барање на осомниченото, обвинетото и осуденото лице.\n(2) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува во рок од 5 (пет) дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од 5 (пет) дена по приемот на барањето доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител.\n(3) Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени, а кои не отпочнале со издржување на казната затвор, по службена должност ја поведува надлежниот првостепен суд што ја донел пресудата, по барање на надлежниот јавен обвинител, по барање на осуденото лице или лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.\n(4) Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени и се на издржување на казната затвор, по службена должност ја поведува казнено- поправната установа во која осуденото лице ја издржува казната затвор.\n(5) Решението за амнестија според одредбите од овој закон го донесува судот што ја донел првостепената одлука, во рок од пет (5) дена од денот на приемот на барањето.\n(1) Против решенијата од членот 2 од овој закон жалба можат да поднесат лицата на кои се однесува амнестијата и лицата кои во нивна корист можат да изјават жалба во рок од три (3) дена.\n(2) По жалбата против решението на првостепениот суд одлучува непосредно повисокиот суд, во рок од три (3) дена.\nДоколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за извршување на санкциите.\nОвој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0_%282018%29", "word_count": 819, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10088", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел II. Кнез Фердинанд на политичката сцена", "text": "Силата на регентот и министер претседател Стефан Стамболов. Убиството на министер Белчев и Стефан Стамболов. Причини. Настаните во Трстеник, Дуранкулак и Шабла. Зошто се пренесоа политичките убиства на македонски терен.\nНа 22 август 1887 година регентот Ст. Стамболов ја зеде власта во своите раце и стана министер претседател. Владата го определи датумот 27 септември 1887 година за избор на народни претставители за петтото редовно народно собрание. Тие избори од една страна, станаа под натисок на администрацијата, и под метежите на руските агенти од друга. И како резултат од сето тоа за време изборната кампања и на денот на изборите настанаа судрувања меѓу опозиционерите (русофилите) и владините кандидати во градовите Горна Ореховица, Плевен и Хасково и се завршија со 25 убиства. И покрај убиствата, што ги извршија засилените русофили како владини противници, Стефан Стамболов на изборите победи и состави влада. Од тогаш па натаму започна неговата кариера, која се карактеризира со продлабочување на пријателството со Турција и засилување на големобугарскиот уплив во Македонија, а особено преку устоличувањето на пет бугарски владици. Во овој крупен успех за сметка на другите пропаганди (српската и грчката), кои се натпреваруваа со бугарската, како и успехот да го намали рускиот уплив во Бугарија го издигна во свеста на меѓународната дипломатија како цврст државник и искусен дипломат на Балканот, способен да го пази политичкиот рамновес кој што одговараше на сметките на големите западни сили и на Високата Порта, уриван од време на време од руската империјалистичка политика и агресиј. За да го урнат Стамболова, руските агенти се прифатија за своите стари испробани политички средства – завери и интриги меѓу владините и кнезовите среди. Заверата на Миларов против животот на Фердинанда беше подметната од Русите и нафрлена на Стамболовите луѓе. Секој ден руските агнети пуштаа сѐ нови измислици и оговарања по однос на Фердинанда и Стамболова, изострувајќи ги по тој начин односите меѓу обајцата. Долго време работеа така тие агенти, но не можеа со своите сплетки да го разделат Фердинанда од Стамболова. Бидејќи по линијата на интриги не успеја, тие прибегнаа кон терор и еден ден во една софиска улица го начекаа заедно со неговиот колега министер Белчев. Терористите стрелајќи на Стамболова по погршка го убија Белчева. По убиството на министер на финансиите, Белчев, рускиот посланик во Цариград Нелидев го организира и убиството на бугарскиот дипломат Д-р Георги В’лкович, еден од најревностните дуалисти и сотрудници во управлението на Стефан Стамболов.\nФизичките убици на Др-В’лкович беа Мерџана и Стефан Попето, кои беа заловени от турското правителство и беа осудени на смрт. А Фердинанд пак ги исползува заткулисните игри на рускиот двор во Бугарија и ги увери агентите дека тој ќе се погрижи да се ослободи од Стамболова по мирен начин и без потреси, така што ќе му одземе власта и ќе го направи безопасен за рускиот уплив во Бугарија.\nНо Фердинанд беше засенет. Немаше сила ни кураж да го сметне од власта. Дури не смееше ни да ја прими оставката, која лично му ја подаваше на неколку пати сам Стамболов. Силата на Стамболов лежеше во интересите на буржуазијата, која Стамболов ја управуваше (упатуваше) на пазарите во Турција. Таа сила му лежеше и во Софискиот гарнизон, кој што му беше безрезервно предан. Но сепак Фердинанд не губеше надеж во своите замисли и борба да го премавне од власта Стефан Стамболов. Во идната 1894 година сам поднесе оставка на својот кабинет. Овој пат Фердинанд тајно поткрепен од руските агенти, се окуражи и ја прими поднесената оставка, бидејќи избра погоден политички момент. А освен тоа силата на Стамболова се беше намалила малку поради изменетите политички услови. Фердинанд увиде дека е моментот погоден за дејствување и пристапи кон смела акција против Стамболова. За деветгодишното управување Стамболов се беше наложил како диктатор во земјата. Опирајќи се на буржоазијата тој го заплашуваше Фердинанда со сметнување од престолот во случај да се обиде да му се меша во управувањето, изјавувајќи му лично и грубо дека тој го довел од Виенските кабарања и дека е властен пак да го врати таму. Фердинанд, пак, и сам капиталист му го оспоруваше правото на бедниот Стамболов фа биде признат како водач на бугарската буржоазија, која спрема агитацијата на Фердинанда е повикана да игра историска улога на Балканот како господаречка класа над останатите граѓански балкански класи. А Стефан Стамболов кој прекинал со народните маси, немаше друга идеја ни опора освен онаа на напредната буржоазија, кога во неговиот најкритичен момент му го заврте грбот и му ја подготви смртта, создавајќи во дворот непријателска расположба против него и неговото премавнување. За тоа постоеја и објективни политички причини, кои треба да се одбележат како би се поујаснило зошто Стефан Стамболов беше сметнат од власта, а потоа и зошто така жестоко исечен на сред една софиска улица. Треба да се каже дека Стамболов штом не успеа султанот да го наметнат како цар и на Бугарија, го наложи Фердинанда за бугарски кнез, а по диктатот на буржоаските интереси. А Фердинанд, пак, исполнувајќи ја волјата и штитејќи ги интересите на буржоазијата го организира и убиството на Стамболова.\nНа 18 мај 1894 година Стамболов подаде оставка на својот кабинет, а на 3 јули 1895 година е демонстративно исечен врвејќи по една софиска улица. И од тој момент започна диктатурата на Фердинанда, која се одрази како желба и налагање од самата буржоазија. Од тој момент започнува и новата политичка линија – германската – во Бугарија, а тоа се стварно и почетокот на подоцнежните политички убиства, кои продокжија и после неговото бегство во Германија (1918) и под владеењето на сина му Бориса сѐ до 9 септември 1944 година. А од тогаш одново пак почнаа по чисто руска политичка линија.\nНо како да се објасни смелоста на Фердинанда да го убие Стамболова? Како да се објасни желбата на буржоазијата да му даде неограничена власт?\nПричината за тоа е нејзината агресивност – стремежот за проширување на своите пазари и завладување на земји за експлоатација.\nСамо ако се запознаеме со историјата на развитокот на бугарската буржоазија за време дуализмот, кога таа имаше неограничени права, дадени од султанот, да ги експлоатира бугарскиот и македонскиот народ, само тогаш ќе можеме да одговориме по ова прашање правилно – зошто таа така лесно го жртвува својот водач и диктатор Стефан Стамболов.\nВо претпериодот на зацврснувањето на Бугарија како држава преку 1878 година, а и по тоа време со години на ред Стамболов беше типичен изразител на бугарските буржоаски интереси, а буржоазијата, дуалистички расположена, оти покрај својот водач Стамболова желаеше по секоја цена турскиот султан да биде цар и на Бугарија. И Стамболов стоеше цврсто на дуалистичката политичка позиција, па како таков и умре, мислејќи дека султанот нема да биде полош цар од сите други доведени принцеви. А од друга страна, во случај султанот да ја прими и бугарската круна, тој тогаш ќе ги птрмавне сите географски и царински граници меѓу Бугарија и Македонија, и тогаш ќе настане она блажено време од пред ослободувањето на Бугарија, односно до 1878 година, кога бугарските трговци и интересџии го експолатираа истовремено и бугарскиот и македонскиот народ, а кога македонскиот народ беше подложен на асимилација од страна на султановите агенти - Александар Екзарх, Гаврил Крстев и мнозина други, од кои некои се наоѓаа дури и на раководни места во турската полиција, со чија помош се создаде и Екзархијата, а на оснивачкото собрание беа доведени и македонски свештеници за да ги прават Бугари.\nЕте, таа своја дуалистичка политика Стамболов ја спроведуваше со фанатизам и буржоазијата ја следеше и зацврснуваше неговата диктатура. Но со доаѓањето на Фердинанда во Бугарија политичката положба во Бугарија од корен се измени. Кнез Фердинанд и’ откри на буржоазијата нови перспективи. Та затоа и премавнувањето на Стамболов од политичката сцена стана неопходност за новиот правец во политичкиот развиток, и тоа како за круната, така и за буржоазијата. Фердинанд прокламира нови идеали, а покажа и нови интереси на бугарската буржоазија, кои се поклопуваа со неговите династички интереси и со интересите на германската буржоазија. Фердинанд и’ укажа на бугарската буржоазија не дуализам, а завладување на Македонија и Тракија уверувајќи ја дека во тоа ќе ја потпомогне австрискиот дворец. Ете, поради овие нови планови Стамболов стана жртва.\nТоа е основната генерална линија на Фердинандовата политика по која тој започна борба и против Стамболова.\nОд тогаш па наваму политичките убиства во Бугарија не стануваа веќе поради внатрешно мешање на Русите, туку на Германците.\nКога на 18 мај 1894 година си ја подаде Стамболов оставката, новите правци и новите методи на дејство на бугарската буржоазија и круна во надворешната политика спрема Турција беа веќе поставени и забранетите од Стамболова македонски комитети беа веќе обновени. Во 1895 година, после паѓањето на Стамболова, се појави веќе Китанчевата провокација и мнозина Бугари и Македонци навлегоа во Македонија и загинаа на линијата на новиот правец поради реализирањето на буржоаските и дворски идеали.\nВо 1900 година во Бугарија настапи финансиска криза. За остварувањето на некои внатрешни општествени претпријатија, владата на д-р Васил Радославов заклучи внатрешен заем од чиновниците и селаните (од чиновништвото во определена вноска, а од селаните по 10% од едногодишниот житен производ). Владата на д-р Радославов заедно со доверливото лице на Фердинанда, Тодор Иванов, кој беше и член на владата, воведувајќи десеток направија и државни амбари. Но кога се пристапи кон прибирањето на десетокот, селаните се спротивставија и не ги дадоа определените дажби. Тогаш владата во согласност со дворот испрати многубројна војска и полиција, објавувајќи воена положба во неколку округа, ограничувајќи го печатот и воведувајќи терор. Селаните беа решиле да не отстапуваат од своите интереси и се покажаа како добри борци, но не беа организирани, поради кое дадоа многу жртви. Тоа беше стихија која селаните ја платија со крв. Во селата Трстени, Дуранкулак и Шабла војската и полицијата уби многу луѓе. Цела селска Бугарија пламна од возбуда. Селаните покажаа херојска сила, ама ја изгубија борбата, бидејќи немаа своја организација.\nПо овие клања, идната година, тие почнаа да се организираат и само во тек на една година цела Бугарија беше опфатена од организирани селски земјоделски дружби. Организацијата израсна и доби масовен карактер, а под името Б.Н.З.С. (Бугарски народен земјоделски сојуз), на чело со легендарниот селски трибун водач Александар Стамболиски.\nТие клања беа фактички за владеачката класа Пирова победа, чии цели, како забележивме порано, и беа веќе поставени од Фердинанда, кој изврши груба насилба со политички убиства по селата, а со тенденција да ги потчини и еден денн да ги поведе како послушни стада во војна за завладување на Македонија.\nВо 1893 година се поставија основите на Внатрешната македонска револуционерна организација, која си постави како цел ослободувањето на Македонија и нејзиното формирање во одделна автономна единица, така што таа да послужи како пример за стварање балканска федерација. Носителите на македонската слобода го разбраа значењето на капиталистичкиот развиток на балканските држави и против нивниот апетит кон Македонија тие ја противпоставија како спасителна идеа за македонскиот народ и за сите балкански народи, како средство за очувување на мир и територијална целина на Македонија – федерацијата.\nНа така поставените задачи од ВМРО поради остварувањето на својата идеа, бугарската интелегенција им пријде на помош на македонските револуционери. Историјата ги одбележи имињата на бугарските младинци идеалисти, како Крсто Асенов, Пејо Јаворов, Христо Чернопеев, Михаил Апостолов, Калканџиев, Коста Нунков, Александар Илиев, кој прв падна како жртва за Македонија, убиен од врховистите, и уште многу други кои се бореа против големобугарските чети и ја вардеа независноста на организацијата за остварување на поставените револуционерни цели – ослободување на Македонија и федерирање на балканска основа. Во Бугарија Б.Н.З.С., откако зацврсна како селска организација целата застана на страната на Македонците и нејзината Внатрешна револуционерна организација.\nПротивно на идеалите на ВМРО, бугарската буржоазија и круна си поставија цел да ја потчинат ВМРО за остварувањето на своите намери преку неа. Тоа стана и причина за нови политички убиства кои се пренесоа истовремено и на македонски терен.\nЗапочната со политички убиства, борбата против Македонците, по убиството на Александар Илиев и тоа во надвечерието на Илинденското востание, и по убиството на Гоце Делчев, не запре. Таа продолжи со единечни полирички убиства си банера да се заплашат внатрешните дејци во своите реони. Фердинанд и бугарската буржоазија беа извршиле и навлегувања со масовни чети во Македонија како она во 1895 и 1902 год. Со тие навлегувања и со поединечни убиства се пролеа крв на многу Бугари и Македонци.\nУбиствата против Македонците почнаа фактички од паѓањето на Александар Илиев, во 1901 год. а тоа се по вина на Фердинанд и неговата буржоазија.\nФердинандово и на бугарската буржоазија дело е Валандовската авантура во 1915 год. кога нивните агенти Тодор Александров и Александр Протогеров ги искасапија селските кметови учители и писари, поставени од српската власт. Нападот во Валандовско беше извршен со цел да се предизвика дипломатски конфликт со силите на Антантата и по таков начин Бугарија да влезе во војна на страната на централните сили, за кој случај ќе се зборува понатаму.\nНа Фердинанда и неговите големобугари се должат исто така и убиствата извршени во Моравскиот крај преку 1917 година.\nА одделно од овие провокации, кои ги проголтаа животите на многу луѓе од Македонија, егзархот организира паралелен врховистички центар, создавајќи внатрешен македонски врховизам, кој се изрази во неколку организации, како „Револуционерно братство“, „Партијата на Кондов“, „Лига за борба против организацијата“ и други. (Види „Илинденската епопеа“ том I, страна 71, 72, 73, 74, 75, 76 и 77 – издание на – Нар. издат. – Софија 1945, на бугарски јазик, и том II, дел XXII, издание на Главниот одбор на Народниот фронт, Скопје 1949 год. –\nЦарувањето на Фердинанда и сина му Бориса и на егзархот беше стварно систем на политички убиства и ограбување на државната каса, на народното богатство. Кобуршката династија на чело со Фердинанда и Бориса, вели бугарскиот патриот Георги Димитров, секогаш претставуваше агентура на германскиот империјализам.\nДека кобуршката династија во Бугарија беше стварно агентура на германскиот империјализам, ќе се послужиме со неколку документи, што ни ги достави д-р П. Топалов во својот реферат: „Бугарија под власта на германската кобуршка династија“. Во него пишува тој: „Три се најважни документи:\n''Првиот факт''. На 25 септември 1915 година во својот разговор со Александар Стамболиски по прашањето за германската политика во Бугарија Фердинанд изјави: – во името на таа политика јас се примив да ја носам круната на Бугарија, и покрај сите тешкотии кои ќе се јават на мојот пат јас ќе продолжам со неа. Јас бев и ќе останам верен пријател и сојузник на Централните сили“. (Види „Двете ми срешти“ од А. Стамболиски, стр. 125).\n''Вториот факт''. На 3 ноември 1918 година, кога избега Фердинанд во Германија (Берлин), изјави: „За таа германска политика јас работев во продолжение на своето 32 годишно царување“. И кога журналистот си позволил да го праша за причините што го натерале да избега, тој одговорил: „На сеопштата желба за мир јас требаше да отстапам, но и тогаш не се отстранив од онаа политика, чиј претставник бев преку целиот свој живот. Не е време за големи зборови – рекол Фердинанд но историјата ќе покаже еден ден дека јас останав сојузник на Германија и Австрија до крај“.\n''Трети факт''. (Документ) Од тој документ се гледа дека Фердинанд ја имаше зад грб вооружената сила на германскиот завојувач, кој што му ветил материјална и воена помош за борба против бугарскиот народ а врз основа на склучен таен договор во 1898 година меѓу него и владата на Австроунгарија, потпишан од Фердинанда и д-р Стоилов, тогашен претседател на министерскиот совет во Бугарија. Во чл. I од тој договор се вели: „Австроунгарската влада држејќи многу на родството и тесните врски кои постојат, за среќа меѓу двата господари Франц Јосифа и Фердинанда, ќе биде спремна да му испрати помош на кнез Фердинанда во случај на опасност по неговиот живот и престол, било од внатре, било надвор од неговото кнежевство. Гарантираме исто така и за неговите наследници, како и за постоењето и неприкосновеноста на неговата круна и династија“.\nНо, се разбира, Фердинанд не беше само германски империјалистички агент, но и на бугарската империјалистичка буржоазија, меѓу која што тој најде и заштита и слава своеволно и безодговорно да врши политички убиства, за кои овде се зборува.\nОвде ние нема да навлегуваме во подробности на далечното минато, за убиствата извршени од неговите агенти на македонски терен. К’е ги разгледаме само политичките убиства извршени на бугарска територија, и тоа по катастрофата на Бугарија, и по неговата абдикација.\nИзвесно е дека тој курс на внатрешен гнет – политичките убиства, го наследи и неговиот син, цар Борис, кој што по катастрофата на Бугарија во 1918 година ги продолжи, а тој ги продолжи по причина на тоа што буржоазијата и после катастрофата не ја измени својата политика спрема Македонија. Борис како нејзин претставител и раководител продолжи со стариот убиечки политички курс на терор како против бугарскиот, така и против македонскиот народ, како и против македонската емиграција во Бугарија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_II._%D0%9A%D0%BD%D0%B5%D0%B7_%D0%A4%D0%B5%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B4_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%81%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B0", "word_count": 2736, "cyrillic": 0.999}
{"id": "10090", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел IV. Бугарската влада и македонското прашање", "text": "Улогата на мафиотите пред Првата светска војна и по неа. Импровизираниот исполнителен комитет на Македонската емиграција. Меморандумот на комитетот. Позив на Г’умурџинската емиграција. Нови правци на реваншизмот. Зошто се наложи Б. Р. П. (к) во македонското ослободувачко движење.\nДодека привременото раководство развиваше дејност во полза на идеата за автономна Македонија против таа дејност врховизмот, олицетворен од реваншистичките кругови, по свој ред ги поттикна своите креатури, валандовските херои и нишките артисти од Првата светска војна кон една големобугарска дејност, пригодна за заштита на големобугарските интереси на мировната конференција во Париз.\nНепосредно после катастрофата на Бугарија, бугарската влада се покажа неподготвена за новата положба, создадена од победителите. По однос на македонското прашање таа се послужи со истите дипломатски средства, со кои се беше служел и избеганиот Фердинанд, кога му претстоеше да направи диверзии. Но не само тогашната влада на Тодор Тодоров, туку и на сите други бугарски влади на Македонија гледаа како на објект за зацврснувањето на бугарскиот уплив меѓу нејзиното словенско население. Во унисон со таа се изгради и теоријата за племенската близост на Бугарите со Македонците, а во чие име се издигна и лозинката „Обединение на племето“ и започна подготовка за војна против Турција, а подоцна и со Србија и со Грција, а исто така во 1915 год. се прејде на страната на централните сили.\nВладите на Бугарија, изразувајќи ги интересите на бугарската буржоазија и дејствувајќи по линија – проширување границите на Бугарија, ги изоставаа народните копнежи и тргнаа по линијата, која им ја белжеше Фердинанд. По доктат на тие влади се организираа и врховистичките чети на Михаиловски и генерал Цончев и се испраќаа во Македонија да го завладеат теренот во пограничните реони и да го разбиваат демократскиот развиток на македонскиот народ и идеата за федерација и мир меѓу балканските народи.\nИ после катастрофата на Бугарија, по однос на македонското прашање, врховизмот ја прифати истата предвоена политика. По тие причини владата на Тодор Тодоров прашањата пред мировната конференција во Париз ги постави на реваншистичка база и ја прифати политиката со истите предавски средства, со истите луѓе кои беа ползувани уште пред војната за разни случаи. Лицата со кои се послужи Тодоров беа: Тодор Александров и Александар Протогеров – неодамна претставените на Кајзер Вилхелм во Ниш за награда со германски ордени, оние истите кои ја извршија Валандовската провокација, а сега ја зедоа улогата на претставители на македонската емиграција во Бугарија, а во името на племенската близост меѓу бугарскиот и македонскиот народ и целокупните интереси на бугарските империјалистички кругови. Тие луѓе заедно со високиот бугарски магистер од македонско потекло Никола Каранџулов се конституираа во така наречениот на времето ''„Исполнителен комитет“'' кој ја зеде иницијативата за собирање потписи од емиграцијата за испраќање петиција до мировната конференција.\nНо тие луѓе, кои ги знаеме веќе, беа предавници на македонското дело. Тие лажни Македонци со таа своја петиција сакаа Македонија цела и неразделна да и’ се даде на Бугарија. Стварно акцијата со петицијата на лажните Македонци беше владина; на владата и’ беше нужна една официјална македонска интелигенција со чие име бугарската дипломатија ќе може да најде оправдание на своите маневри за реализирање на империјалистичките барања.\nСо создавањето на „Исполнителниот комитет“, владата на Тодоров ја покажа својата неподготвеност да ја пресретне новата послевоена политичка положба, остварена со оружјето на големите сили, кои излегоа како победители и ја свикаа мировната конференција во Париз. За делегатите на конференцијата интимната битност и цел на исполнителниот комитет не беше тајна. Во Париз ги познаваа мафиотите во тој комитет. Пресни беа впечатоците од убиствата на Стојан Георгиев и Јанета Сандански, се знаеја побудите за нивната смрт. Тие луѓе беа убиени како противници на војната, и во истото нејзино навечерие обвинети уште и во тоа дека преговарале да застанат на чело на македонските маси од серскиот и струмичкиот револуционерен округ, и заедно со круговите од земјоделскиот сојуз на Александар Стамболиски да ја прогласат Бугарија за република, во случај Фердинанд да објави мобилизација, за да го натера народот во војна од страната на Германците. Делегатите на конференцијата го знаеја менталитетот на тие луѓе од „Исполнителниот комитет“. Тие беа оние кои ја извршија големата провокација против соглашението, поттикнати од страна на реваншистите во Бугарија, за нејзиното замешување од страната на централните сили. Таа провокација беше така нареченото „Валандовско востание“, инсценирано од австроунгарската влада, а преку владата на В. Радославов, благодарејќи на отпуштените 25 милиони златни австриски круни. Парите беа предадени преку д-р Татарчев, познатиот Фердинандов агент. Австријанците му предложија на д-р Татарчев да организира едно востание во Македонија под српска власт, како би се создал повод за нарушување неутралитетот на Бугарија. Но д-р Татарчев не се ангажира за една таква провокација, туку ја упати австриската влада кон Тодор Александров и Александар Протогеров, кои заедно со еден бег го организираа пограничното турско население од дојранските и валандовските села, како и дел од македонското население од Струмичкиот крај, та во пролетта на 1915 година извршија еден напад во Валандовската околија со цел да се урне железничкиот мост на Вардар при село Удово. Нападот беше организиран на бугарската територија, во градот Струмица, огништето за спроведување на германско-бугарската провокација. Струмица тогаш по Букурешкиот договор беше под бугарска власт. Струмичката постојана окружна комисија беше центарот на заверениците. Костадин Ципушев, зет на Тодора Александров, беше стварно нејзин претседател, а истовремено и пунктов началник на Алексанрова и Протогерова, раководејќи со пограничната разузнавачка служба и пограничните складови со четнички алишта, оружје и експлозивен материјал. Оружјето по заповед на Тодор Александров се раздаваше не само на поединци врховисти туку и на турското погранично население, кое по заповед на агентите на бугарската и турската влада во пролетта на 1915 година дигнаа востание против српските општински кметови, благајници и учители и скоро сите ги убија.\nПротив оваа провокација протестираа англискиот, францускиот и рускиот конзул и побараа анкета за да се разоткрие вистината во врска со нападот. Владата на д-р Радославов, потисната, се согласи за анкета и зеде мерки за прикривање на сите кои би могле да ги навредат дипломатските односи и да го демаскира објавениот од него, до тогаш прикриен „вооружен строго лојален неутралитет на Бугарија“. Но како постоеше опасност да бидат откриени сите материјали и оружјето во врска со Валандовскиот настан, привржениците на Александров го запалија седиштето на постајаната окружна комисија; ги запалија исто така и сите експлозивни средства, кои се наоѓаа при свештеникот во валандовското село Сидовица. Тодор Александров го натера четникот Наќе, од с. Фурка, Дојранско, тајно да ја потпали поповата куќа, во која поради експлозијата загина и свештеникот заедно со својата челад.\nПа ете баш тие провокатори и по катастрофата на Бугарија се појавија на сцената, натоварени со политичка мисија од мировната конференција да бараат „правда за Бугарија“, и тоа од името на Македонската емиграција а преку „Исполнителниот комитет“, импровизиран од бугарската влада. Тој комитет немаше македонски карактер, ниту пак имше подршка од македонските емигрантски маси и македонското население под бугарска власт. Исполнителниот комитет беше фактички биро за реваншистички цели, на кого бугарската дипломатија особено се надеваше поради својата тешка положба по Првата светска војна.\nОд моментот, кога се создаде исполнителниот комитет, започна стварно и вистинската идејна борба за избистрување на идеологијата по однос на македонското дело. Но таа продолжи потоа при нови политички услови. Бајракот на борбата против исполнителниот комитет прво го издигна македонската емиграција од Ѓумурџина. Тие објавија и еден позив, негирајќи го врховизмот во неговата најнова форма – „исполнителен комитет“, наблегнат на побугарените македонски кругови, чие македонско потекло е само предмет на историски спомен. Во позивот Ѓумурџинците велат: „Двајца – тројца бивши и идни министри од македонско потекло, верни на својот позив неколку души „дипломсти“, школувани, исто така од македонско потекло и верни на својот бирократски кариеризам, и една фаланга од мали чиновници и добри сметкаџии за својата утрешна пензија, стари егзархиски учители, општественици, писатели и журналисти – сите Македонци, вовлечени за секогаш во бугарскиот политички живот, кои го погребале минатото и татковинскиот си идеализам – ете, таа цела генерација без размислување сака цела неразделена Македонија да се присоедини кон Бугарија“.\nПокрај изобличувањето, позивот на Ѓумурџинците ја покани емиграцијата да се подреди под бајракот на привременото раководство, кое единствено застана на чело на повоеното македонско движење.\nВладата штом го забележи масовното приоѓање на емиграцијата под знамето на привременото раководство, ја измени веднаш стратегијата на својата политика, и не менувајќи ја нејзинаата битност, и заради подалечна цел, внуши на своите креатури да ја примат лозинката ''„Автономна Македонија“''. Но немајќи вера во луѓето од привременото раководство, таа се запра пак на валандовските херои – едини што останаа верни на Фердинанда и сина му Борис, и кои ја беа веќе покажале својата приврзаност кон големобугарските кругови и круна со своето вероломство спрема македонското ослободувачко дело, подвлечено со политичките убиства над верни македонски синови и со акти, кои му ползуваа на големобугаризмот.\nЕте, на тие лица, кои од 1910 година па наваму играа улога час како членови на Ц. К. на по уриетската ВМРО, час како нејзини задгранични претставници, се запре бугарската влада. Преку нив таа организира противдејство по однос на привременото раководство, кое за момент по Првата светска војна се исправи на свои нозе и одново го постави прашањето за слободата на Македонија на сцената пред балканските и европски народи и пред делегатите на Париската мировна конференција.\nЗа да ја маскираат својата реваншистичка политика, реваншистите го посоветуваа Тодора Александров и Александар Протогеров да се пополни составот на исполнителниот комитет со други лица, а нив им ја определија нивната стара „револуционерна улога“. За таа цел на 24 ноември 1919 година во аудиторијата бр. 45 на Софискиот државен универзитет се свика конференција и се избра еден седмочлен „исполнителен комитет“ на чело со македонски отстапници, какви беа Иван Каранџулов, проф. Милев и др.\nОрганизираниот комитет на чело со Каранџулов имаше за цел на емиграцијата да и даде возможност да ја пројави својата волја за борба, да го запре нејзиното евентуално будење на оние идеи, кои ја опојуваа во дихот на еден свој внатрешен централизам и национализам, од кого се плашеа сите родоостапници и сите големобугари, та затоа и по секаков начин го пречеа оформувањето на Македонците како одделен народ.\nНа конференцијата во аудиторијата бр. 45 се предложи една директива, која и понатаму остана како основа на комитетот – а тоа беа двете лозинки: „Неделивост на Македонија“ и „Присоединувањето на Македонија кон Бугарија“.\nНа базата на тие лозинки, конференцијата изработи и еден ''меморандум'' од името на исполнителниот комитет на емиграцијата во Бугарија. Самата директива и луѓето, кои застанаа на чело на исполнителниот комитет и оние што го приготвија меморандумот ја оцрнија дејноста на Македонците и македонското име. Нивната дејност го попречи патот на привременото раководство, кое искрено ја презеде борбата за слободата на Македонија и кое правеше големи усилби пред делегацијата на мировната конференција во Париз, да ги увери во своите искрени желби дека тие луѓе од – привременото раководство се единствените носители на чистите идеали на ВМРО и Гоце Делчев.\nСамо кусогледи и без општествен поглед луѓе можеа да допуштат дека државниот магистер Каранџулов и казиониот бугарски професор Милев и останатите валандовски херои ќе успеат да ги убедат делегатите на мировната Париска конференција во неопходноста Македонија да биде присоединета „цела и не разделена кон Бугарија“.\nВистинските побуди пак за да се подржува една слична дејност од овие кругови беа други. Тие беа прикриени со личните интереси на самите крепители, кои во лицето на мафиотите од македонско потекло во Бугарија го гледаа оружјето на круната. Ете баш тие мафиоти по крахот на Бугарија останаа единствената надежна сила, на која би могле да се потпрат во случај да се обиде народот да им побара сметка за крахирањето заради нивната воена политика за завладување на Македонија.\nСтарите крахистички партии беа осудени од народот. На законодавните избори во 1919 година реваншистите и царските псалмопевци изгубија.\nАлександар Стамболиски ја зеде власта во свои раце и почна да ги лекува раните на Бугарија, нанесени од авантуристите и македонствујуштите валандовски „херои“. Но кога ја зеде Стамболиски власта во свои раце, неговите претходници ја беа веќе претставиле на мировната конференција тезата „Македонски Бугарин“, и со тоа го беа прилично компромитирале македонското дело, а напакостиле и на самата Бугарија, која ја претставиле како непоправлива империјалистичка држава.\nДругите претенденти пред мировната конференција излегоа со противтези по однос етничката припадност на Македонците и служејќи се со историски податоци, противни на големобугарската теза, открија пред мировната конференција дека таму во Македонија живее еден народ, кој се бори не за голема Бугарија, туку за својата слобода. Од тоа, се разбира, делегатите не се возбудија, та затоа и не и дадоа на Македонија слобода. Нејзината судбина, како и судбината на малите балкански народи, беше решена порано, како би се подржала распарченоста и постојаното непријателство меѓу балканските народи.\nПри таа положба на 27 ноември 1919 година Стамболиски го потпиша мировниот договор и ја поведе надворешната политика на Бугарија во духот на воените услови, создадени од жестоките мировни договори. При сета своја желба и расположение кон Македонците тој со ништо не можеше да им придонесе во нивната борба, која ја беа отпочнале, уверувајќи ја Париската мировна конференција во справедливоста на нивната кауза за слободна Македонија. Старите бугарски крахистички буржоаски партии беа веќе многу придонесле за усложнувањето на и без тоа многу заплетеното македонско прашање. Но тие и по нивното паѓање, и како опозиција, си ја продолжија својата стара политика по однос на македонското прашање, та и уште во почетокот по зимањето на власта од Стамболски започнаа да му создаваат грижи. Откако ја изгубија изборната власт, старите крахистички партии ги привлекоа околу себе Фердинандовите орудија од македонско потекло, одбележани во позивот на Ѓумурџинската емиграција, кои потпомогнати директно и индиректно од Бугарската работничка партија (комунисти), ја отпочнаа подмолно конспиративната борба против новата власт, власта на Александар Стамболиски, ползувајќи го Каранџуловото движење и создаденото од нив такво илегално начело со Александров и Протогеров – барани од воената комисија во Версај како военопрестапници во Македонија и Моравско.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_IV._%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0_%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 2258, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10092", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел VI. Македонско федеративно движење", "text": "Идењето на Стамболиски на власт. Неговото становиште по однос на македонското прашање. Вториот голем собор на братствата и неговиот расцеп. Оформување на федеративното движење и карактерот на борбата. Сплеткарството на предавниците од Извршниот комитет.\nНепосредно по катастрофата на Бугарија во 1918 г. па сѐ до идењето на власт на Александар Стамболиски, 2 октомври 1919 година, бугарските реваншисти и германските агенти беа веќе успеале да се истакнат и да ги доведат во непријатна положба Македонците во туѓина со издавањето на „Поверливи писма“, „циркулари“ и „петиции“, испраќајќи ги намерно и со цел на своите пријатели и до агентите на бугарската влада, двор, во иностранство како и на делегатите на мировната конференција. Во еден „поверлив циркулар“ тие објавија измислени биографии за лицата од „привременото раководство“, дека сите без исклучок добивале пари за свои лични потреби од Тодор Александров, и тоа како пред, така и после Балканската војна, а сега нејќат да го признаат за македонски деец. А вистината е во ова – луѓето од „привременото раководство“ стварно укажаа на самите дела на Александрова и Протогерова, кои беа извршиле низа политички убиства над македонски дејци со цел да го наложат големобугарското сфаќање во Македонија за да го очекуваат своето ослободување од Бугарија, кога се знаеше оти сето тоа е пропаганда со намера да се потисне уриетската расположба и преродувањето на нова Турција. Реваншистите дејствуваа преку печатот и подмолно, создавајќи конспирација, поткрепена од воените елементи – агентите на Фердинанда и сина му Бориса. Положбата на луѓето од „привременото раководство“ од ден на ден се влошуваше. Но штом дојде на власт Стамболиски, таа корено се измени. За Македонците се открија возможности кои ги окуражија. Сам Стамболиски се воспитуваше со нивниот борбен ентусијазам, со нивните борби, со нивниот стремеж кон слобода. Стамболиски искрено ги сакаше Македонците и на враќање после стодневната обиколка по Европа, пред журналистите на белградската станица изјави: Македонците се словенските Ирландци на Балкан. Тие се борат за слобода и нема да престанат додека нема да ја извојуваат. Направете сѐ што можете тие луѓе во вашата држава да бидат легални граѓани“.\nСтамболиски го разбираше копнежот на Македонците и им беше признателен, зашто пред избувнувањето на светската војна тие беа спремни да направат сѐ што можат за него и неговата борба против круната. Тој се потсети сега на преговорите меѓу него и нив. Во името на мирот на Балканот Македонците беа готови да тргнат кон Софија и заедно со луѓето на Стамболиски да ги вовлечат сите прогресивни сили, целиот бугарски народ за претворување на Бугарија во република. Но самиот Стамболиски тогаш се одрече од таа намера, изјавувајќи му на Сандански дека смета оти условите во Бугарија сѐ уште не се зрели за република.\nМалку подоцна Фердинанд узна за состанокот меѓу Стамболиски и Сандански, како и за карактерот на нивниот разговор, па затоа нареди да се убијат Сандански и неговиот другар Стојан Георгиев, кој беше еден од раководителите на струмичкиот револуционерен округ. За состанокот, планот и разговорите Фердинанда го извести негиовиот агент, „бивш санданист“, инаку познат тутунски трговец – Крум Чапрашиков, кој што и сам беше учесник на состанокот.\nСтамболиски ја признаваше неопходноста од борбата за соединување на цела Македонија, оти без тоа, по неговата мисла, не е ни можно да се создаде една балканска федерација. Уште штом дојде на власт, тој започна да ги поттикнува Македонците, изјавувајќи им на неколку пати оти е готов да ја отстапи Пиринска Македонија во случај да се воспостави цела ослободена Македонија. Ова негово сфаќање и неговата голема желба за создавање југословенско братство ги исползуваа реваншистичките агенти на меѓународната реакција, кои уште пред тој да ја прими власта, се беа веќе сложиле во една конспирација, што се состоеше од воени претставници од Првата светска војна на чело со Т. Александров и Протогеров. Истите, поврзани веќе со познате офицерски кругови од Фердинандовата камарила и со штабовите на бившите вероломни партии, кои се наоѓаа во иностранство како опасен бунтовник на Балканот со своите намери.\nТаа положба им создаваше на Стамболиски и Македонците големи грижи. И затоа нивната борба против непрочистениот терен на германизмот и големобугаризмот на Балканот започна едновремено. Но тоа се усложнуваше и поради тоа дека левите партии, а нарочно тесните социјалисти, немаа јасни разбирања по однос на македонското прашање, кое на пракса ги доведуваше до бездушни наблјудувачи, а по некогаш во извесни случаи дури и како помагачи на реакцијата.\nСтамболиски реши да ја расчисти таа положба. Тој се обрна кон организираните селани и кон Македонците, кои му останаа верни на Делчева и Сандански. Но тој не увиде, дека во борбата против реакцијата, а без помошта на работничката класа, ќе биде победен. Истовремено таа негова грешка беше и грешка на самата работничка партија (т. с.) за кое веќе зборувавме. Оти и работничката партија не разбра дека борбата на реакцијата против Македонците и Стамболиски е борба против самата работничка класа и нејзините организирани борбени кадрови во лицето на бугарската комунистичка партија (т. с.)\nПри такви прилики под основата на управата на Стамболиски се поставија барутни бочви, за кое се бараше повеќе смелост и повеќе умешност. И народот, кој беше со Стамболиски, покажа дека таа смелост е доволна, но се бараше уште нешто за координираното дејство за уривањето на реакцијата, која се ползуваше од неумешност, непредвидливост и сфаќање на ползата од сила на координирано дејство, која се состоеше во соединувањето на сите прогресивни работни маси, а по примерот на она, кое се случи во 1917 во Русија, за време Корнилиовиот бунт, кога обидот на реакцијата одново да ја превземе власта беше скршен од соединетите сили и револуционерната работничка гарда, водена од големиот Ленин.\nСепак, макар што се отстранија побујните и попрогресивните сили од братствените редови, таму останаа не малку големи сили, сепак таму останаа не малку луѓе со македонско-национално чувство и свест, кои си го задржаа ставот на Делчева по македонскиот центразлизам, се пројави на вториот голем собор на македонските братства, кои се одржа на 18 октомври 1920 година во Софија, во салонот на „Славјанска беседа“. На тој конгрес меѓу насобраната врховистичка маса, која се состоеше од голем број пензионери, бивши и современи егзархиски учители, чиновници на бугарската држава и началници на одделенија при разни министерства, се одбележија принципните разлики меѓу ''врховизмот'' во неговата најнова форма-каранџуловизам и ''централизмот'' во лицето на архитектот Никола Јуруков и неговите блиски другари. На тој конгрес трпеливоста ги прејде своите граници и соборот се претвори во бура од негодување против бесплодната, навредлива и предавничка политика на оние, кои ја играа свирката на владата на Тодор Глигоров, надуена од дворот. На тој конгрес идејните македонски централисти и делегати, верни на Делчевите идеи, возмутени од духот на бесчесност на соборот, во знак на протест и во името на чистата македонска борба, го напуштија салонот на „Славјанска беседа“ и отидоа во салонот на „Градската касина“, каде што избраа ''„привремена комисија“'', која ќе го продолжи делото на емиграцијата во Бугарија по правец одбележан од Гоцета Делчев.\nТој настан, од наше македонско гледиште, беше удар врз престапната совест на оние, кои беа успеале да насадат во свеста на еден дел од емиграцијата едно немакедонско разбирање по прашањара сврзани со ослободувачката борба на Македонскиот народ.\nТворците на овој акт, избирајќи „привремена комисија“ се изјаснија како федератисти и отпочнаа една тешка борба против предавствата на кариеризмот. На луѓето од „исполнителниот комитет“ на чело со Каранџулов и компанијата на Тодор Александров и Протогеров.\nТргнати решително по патот на македонскиот централизам и македонскиот национализам, федератистите за едно кусо време ги привлекоа во своите редови и инородците во Македонија и започнаа една плодовите дејност во Цариград, Букурешт и Женева, каде што создадоа огништа за пропаганда во полза на македонското ослободувачко дело.\nОткако ја започнаа големата објаснувачка дејност по македонското прашање, за кратко време тие ја добија као соработник на автономната идеа скоро целата емиграција како и инородците. Тие создадоа тесна и неразривна врска меѓу претставителите на одделните етнички групи и израснаа до степен на една моќна, карактерна и материјална сила за успешно водење на надворешната пропаганда во полза на Македонија, за остварувањето на нејзиниот идеал – обединета во своите географски, стопански и етнографски граници.\nИстовремено со тоа федератистите избраа и еден свој Врховен комитет на општата федеративна формација, која се состоеше од сојузот на сите мали и поголеми етнички групи. Тој врховен комитет на федеративната организација имаше седиште во Женева, каде што беше установена меѓународната организација, наречена ''„Лига на народите“''. Тој комитет ги претставуваше желбите и компнежите не само на емиграцијата во Бугарија, туку и на населението на сите три распарчани дела од Македонија. Тој комитет се роди во процесот на борбата против стрмежите на реваншистичките кругови во Бугарија да ја водат емиграцијата и да ги претставуваат политичките барања за Македонија, да ја претставуваат Македонија политички преку свои поставени луѓе од „Исполнителниот комитет“.\nФедеративното движење беше еволуција на идеата за поконкретно поставување на прашањето за слободата на Македонија на балканска основа и на идеата за потесна врска меѓу населението од трите дела на Македонија и на емиграцијата во Бугарија и зад океанот.\nОд извештајот на „Привремената комисија“ на федератистите за времето од 1 ноември 1920 до 31 јули 1921 година се гледа дека привремената комисија не хранеше наивна вера, оти со дипломатска дејност ќе се ослободи Македонија. Луѓето од привремената комисија обрнуваа внимание главно на внатрешната подготовка за идејно обединување на Македонците меѓу сите етнички групи врз базата на федератизам, а во името на идеата за политичка независност на Македонија, Македонија на народите кои ја населуваат.\nВо лицето на луѓето од „Привременото претставителство“, луѓето од „Привремената комисија“ гледаа техничка преумора. Тие не можеа поинаку да си го замислат отстапувањето од линијата на борбата, која ја водеа, и не одречувајќи го направеното, тие дојдоа да ги засилат идејните позиции на македонската борба и да придонесат за избиструвањето на идеологијата на македонската внатрешност доколку им позволуваа условите и познавањата.\nПо таа линија тие непоштедно ја критикуваа стварната положба, а особено луѓето од исполнителниот комитет, кои ги проколнуваа како туѓи орудија и пакосници на македонското дело.\nНо „Привременото претставителство“ не ги поткрепи усилбите на федератистите. Дејствувајќи надвор од редовите на македонските емигрантски братства, таа не умееше да го исползува федеративното движење меѓу организираната братствена маса. Таа дури и не се слеа со него, ниту пак го привлече на своја страна. Поради тоа што „Привременото претставителство“ беше во процес на разлагање, поради причини за кои веќе зборувавме, ништо не се постигна за разбирање меѓу него и „привремената комисија“. После отстранувањето на Димо Хаџи Димов, како негов член, влијанието му се задржа само во Македонското братство во Пловдив.\nПри таа положба и по наговор на привременото претставителство, Пловдивското братство ја свика пловдивската македонска емиграција на собрание и ја осуди создадената фактичка положба по времето на Вториот голем братствен собор, одржан во Софија на 18 октомври 1920 година. На тоа собрание, кое се одржа на 14, 21 и 28 ноември се донесе следната резолуција:\n„Собранието, по македонското прашање, го подржува становиштето на „Привременото претставителство“, кое е не еднаш подвлечено преку апели и декларации, ја подржува борбата против исполнителниот комитет и е против самооформената привремена комисија, која е стварно израз на една плиткоумна диверзија на бугарскиот шовинизам и империјализам.\nОдречувајќи ги правата на „Привремената комисија“, со точка VIII од резолуцијата на пловдивското братство, македонската емиграција во Бугарија се кани да ја разгледа истата и во најскоро време да испрати свои делегати во Пловдив, каде ќе се одржи конференција за полагање основи на една нова федеративна организација со свој секретаријат“.\nТаа резолуција беше резултат на една фракциона дејност-стремеж на одделни лица од растуреното привремено претставителство, за да создадат легална организација од братствата под свое раководство. Ете, баш затоа се одречуваше правото на привремената комисија легално да го води федеративното движење.\nСо таа своја резолуција, пак, иницијаторите на собранието во Пловдив се покажаа суетни и некарактерни, затоа што се беа одделиле од емиграцијата во братствата, а сега ја повикуваа при себе. Бессилни да создадат потрајни дела во трите дела на Македонија, луѓето од привременото претставителство после активното замешување на комунистичката партија (т. с.) во работите на привременото правителство, останаа со слаб уплив меѓу емиграцијата и населението од Македонија под бугарска власт, српска и грчка. По тие причини кај некои од членовите на привременото претставителство“ се породи желба да се создаде братствена организација, слична на онаа што постоеше, која веднаш попадна под уплив на „привремената комисија“, а сега тие ја повикуваа при себе, за да создадат едно федеративно движење, кое тие ќе го раководат. Тој обид во сушност приличи на Хаџи Димовиот обид, создавајќи емигрантско движење надвор од братствата под името „Ослободување“, слично со обидот на оние кои ја осниваа групата „Земјоделски емигрантски сојуз„ надвор од братствата, исто така по заповед на партијата (т. с.), која дирижираше преку Димо Х. Димов, се изјави дека со оснивањето на тие организации ќе се ослабнат силите на исполнителниот комитет.\nТаа резолуција и опозиција против привремената комисија од страна на дејците на Пловдивското братство беше јавна неопростива грешка. Тие луѓе се покажаа повеќе амбициозни и книшки догматичари и без практична способност да ја организираат емиграцијата, нешто кое нарочно им се свиде на луѓето од исполнителниот комитет. Луѓето од привременото раководство, кои се носеа со идеата на пловдивските емигрантски дејци а за кои и зборуваме, не можеа да ги видат битните принципни разлики меѓу луѓето од исполнителниот комитет и привремената комисија. Борбата на федератистите против каранџуловистите тие ја квалифицираа како резултат, продиктиран од лична природа, и усилбите на федератистите да се зацврснат се нарекоа израз на шовинизам и плиткоумна диверзија. Луѓето од Пловдивското братство, кои го свикаа собранието, ги нарекоа федератистите диверзанти. Тоа пак апсолутно не беше верно. Пројавата на федератистите беше реален израз на едно големо негодување против круната, против завојувачката политика спрема Македонија од страна на бугарската буржоазија, Пројавата на федератистите беше стварно борба за заштита на идеите на македонскиот централизам, во која тие изумреа еден по еден, прострелани по софиските улици од непријателите на македонскиот народ.\nНа 1 декември 1920 година федератистите почнаа да издаваат весник „Автономна Македонија“, во чии колони се сретнуваа доста често и добри статии по однос избиструвањето на националната свест кај Македонците. Во нивниот билтен, кој излегуваше во иностранство, се застапуваше идеата за македонскиот етнички принцип. Од статистиката, која се објавуваше во билтенот, доволно јасно се узнава бројот на населението во Македонија. Спрема таа статистика во Македонија живеат: Грци од 200-300.000 души, помалку од 200.000 Албанци, 500.000 Турци и од 1, 800.000 до 2. 000.000 Македонци.\nДејноста на привремената комисија за своето време беше фактички нужна, зашто по македонското прашање при така комплицираната меѓународна положба тоа беше народно решение и се налагаше да се дејствува преку борба и пропаганда на меѓународна база. Некои од Македонците беа убедени дека победителите нема никогаш да се согласат да ја поправат грешката, направена во нивна полза. Извршеното дело во Букурешт, односно распарчувањето на Македонија тие го одобруваа, па и го потврдија на мировната конференција во Париз и при потпишувањето на договорите со Бугарија и другите балкански земји. Тоа го направија тие зашто никогаш не сакаа да го видат Балканот во мир. Она, за кое револуционерите сонуваа да го видат – Јужните Словени ослободени и обединетите, големите империјалистички сили немаа интерес да го направат, и секогаш противдејствуваа и пречеа, и тоа како по однос ослободувањето на Македонија, така и по однос зацврснувањето на балканското единство и мир.\nНо федератистите, кога ја прифатија борбата за ослободувањето на Македонија, веруваа во пацифизмот на бугарското општество и се надеваа да го предизвикаат вниманието на меѓународната дипломатија за да ја поправи грешката, извршена во Букурешт 1913 година, со потпишувањето на мировниот договор, со кого Македонија се распарча.\nИсполнителниот комитет го сфати значењето на борбата, која ја започнаа федератистите, па се помачи да ја отстрани. Луѓето од тој комитет започнаа со лицемерни плачеви за единство на братствената организација и за единство на борбата на Македонците во трите дела од распарчената татковина. Врховизмот во Бугарија сѐ уште не се откажуваше од Македонија и бараше удобни моменти за нејзиното завладување, благодарејќи на противречијата на Балканот, подржувани од големите империјалистички сили, при друго време и при други случаи на една нова војна за ревизија и нова територијална расподелба.\nПривремената комисија имаше јасна претстава за службата на луѓето од исполнителниот комитет, и затоа, кога во 1921 година започнаа преговорите за обединувањето на двата института, привремената комисија ги предлагаше како база за споразум со исполнителниот комитет следните услови: 1) Да не се поставуваат во раководствата на братствата лица кои се ангажирале со борбата за присоединувањето на Македонија кон Бугарија; 2) Да се отсранат од должност оние лица кои се чувствуваат како врховисти или нивните симпатизери; 3) Да се отстранат од раководствата оние, кои како јавни или тајни агенти дејствувале во минатото наполно против автономниот принцип и 4) Да се пренесе македонското прашање на меѓународна база и спроведе агитација пред европските влади и народни маси за неговото правилно разрешување.\nБарањата на привремената комисија беа примени од исполнителниот комитет, а институтот за централните раководства на братствата се нарече „Македонски национален комитет“. Но тој си остана „Македонски национален“ само по форма, а по содржина тој се преврти во големобугарски институт и како таков почна да ја спроведува надворешната политика на Бугарија по однос на македонското прашање.\nНастаните, кои се развија во моментот против внатрешната и надворешната политика на земјоделската власт, организирани од цар Бориса и воените престапници од Првата светска војна, не му позволуваа на „Македонскиот национален комитет“ да се пројави по македонска национална линија. Од ден на ден конспирациите, создавани од круната и големобугарските реваншисти го провалуваа режимот на Стамболиски внатре и го излагаа во иноземство. А освен тоа оладувањето меѓу земјоделците и работничката партија (т. с.) придонесуваше доста за несигурноста на земјоделската власт. Таа положба се одразуваше и на психиката на емигрантските маси и воопшто, превртувајќи се во инертна маса, која очекуваше изненадна разврска на затегнатата внатрешна положба.\nЛуѓето од исполнителниот комитет, кои се соединија со луѓето од привремената комисија, при изменетата политичка положба ја покажаа својата завист спрема оние од привремената комисија, и при новата ситуација после 9 јуни 1923 година, кога стана воениот преврат против власта на Александар Стамболиски, стрвно се нафрлија на своите контрагенти – федератистите, и ги истепаа.\nУбивањето на тие луѓе немаше да стане, ако се следеше линијата на координирано дејство меѓу еднаквите по учество национално и социјално угнетени маси и класи во Бугарија.\nНо тоа не стана по причина за која веќе зборувавме погоре.\nИ по пат на конспирации од страна на круната и буржоазијата до сметнувањето на Александар Стамболиски од власт на 9 јуни 1923 година и до конечнното зацврснување на буржоаската власт во Бугарија, станаа оние срамни и нечовечки престапи, кои се во политичката историја на Бугарија одбележани како македонски политички убиства.\nВо повоените собитија и усилби на големобугарите – да нѐ поробат – тие политички убиства во Бугарија започнаа со убиството на највидниот македонски револуционер Ѓорче Петров.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_VI._%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D1%84%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE_%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D1%9A%D0%B5", "word_count": 3074, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10093", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел VII. Крвавите дела на реваншизмот и врховизмот", "text": "Убиството на Г’орче Петров (28 јули 1921 г.) Пиринскиот протокол. Зацврснувањето на лажните автономисти. Убиството на воениот министер Александар Димитров (30 октомври 1921 г). Како загина Федератистичкиот војвода Крум Зографов. Борбата мег’у федератистите и лажните автономисти. Нападот против Неврокоп и К’устендил (6 декември 1922 год.) Фронтот на федератизмот.\nПричините за убиството на Ѓорче Петров се коренат во стремежот на реакцијата за да го подготви општеството за убиството на воениот министер Александар Димитров. Ѓорче Петров беше најистакнатиот соработник на земјоделската власт и затоа неговото убиство се готвеше како етапа за преминување кон убиството на Александар Димитров. Таа етапа се подготви психолошки со списи и измислици, кои ги распространуваа лажните автономисти дека тие, обајцата, готвеле завера за убивање на сите стари Фердинандови лакеи.\nРешение за убиството на обајцата се донесе на едно конспиративно собрание во Софија. Реваншистите често се собираа во домот на полковникот Каблешков проф. Никола Милев, Рашко Маџаров, полковникот Коста Николов и други. На тие конспиративни состанци се расправаше прашањето за уривање власта на земјоделскиот сојуз, на чело со Александар Стамболиски, преку преврат, како и за неговото убиство. На состанците по тие прашања како најмеродавно се сметаше мислењето на Тодор Александров. Кога реваншистите решија кога и како да го убијат Стамболиски, Александров се искажа најнапред за убиството на Ѓорче Петров, оти во неговото лице тој гледаше човек, кој му ги растураше сите негови планови со конспиративен карактер. По негово мислење со тоа решение ќе се убие човек, верзиран по сите македонски и други внатрешни прашања од политичка природа, човек-добар советник на Стамболиски и Александар Димитров. Ѓорче Петров беше човек што ги разрешуваше и најзаплетените прашања од македонски внатрешен и надворешен политички карактер, а освен тоа сметаше дека е нужен искрен споразум со Србите. Тој беше феномен на мислата, човек од принцип. При софиските услови многу морални сили се уништија, многу македонски дејци се расипаа, но Ѓорче Петров успеа да се запази од предавство и да се спаси во бурата на политичките убиства по Уриетот и во предвечерието на Првата светска војна.\nТој истиот Ѓорче Петров беше човек кој му рече на Фердинандовиот пратеник да му каже дека македонскиот народ не му дал полномошно да влезе низ задната врата на дворот и да го претставува пред крунисани глави, туку го ополномоштил да гопретставува само пред бугарскиот народ.\nЃорче, советникот на Стамболиски и Александар Димитров, го запираше секое започнато дело на Тодор Александров и Протогеров. Ете зошто Тодор Александров им изјавуваше на своите пријатели и завереници против земјоделската власт:“ Пред да го убиеме Стамболиски, ќе треба да го убиеме Александар Димитров, а пред обајцата Ѓорче Петров.“\nПо тие причини најнапред беше убиен Ѓорче Петров. За неговото убиство му беше испратено едно Турче, кое беше слуга на големиот тутунски трговец Анго Попов, родум од Кукуш, а живееше во Пловдив. Анго Попов беше еден од членовите на престапната тајфа на Тодор Александров. На 28 јуни 1921 год. Реџеп го уби Ѓорчета во Софија и се скри во куќата на жената од Тодор Александров. На идниот ден весниците ја опишаа биографијата на Ѓорче Петров. Госпоѓата на Александров ги читала весниците, а Реџеп ги слушал. Откога го завршила читањето, Реџеп се обрнал кон госпоѓата и и’ забелжил: „Госпоѓо, па тој бил добар човек, тој бил голем човек, зошто ме натераа да убијам таков човек“. Александровата жена му го кажала тоа на мажа си, и тој веднаш го повикал при себе си и наредил да го исечат на парчиња, за да се скрие вистината поради неговото каење.\nПо желбата на реваншистите, Тодор Александров направи план и за убиството на Александар Стамболиски, спрема кого, за да се убие Стамболиски ќе биде нужно да се мине преку труповите на Ѓорче Петров и Димитров. Во лицето на Ѓорчето Александров гледаше ум, а во Димитров волја. Тие обајцата прилично ги засегаа интересите на реваншистите. За нивното убиство требаше да се внимава, додека за оноа на Стамболиски, по негова мисла, беше многу полесно. Така беше се изразил Тодор Александров пред полковникот Коста Никилов, кој по 9 јуни беше толку нахален што прикажуваше на сите страни.\nПо македонското прашање Александар Димитров го спречуваше патот на врховистичката агитација меѓу населението од Пиринска Македонија и меѓу емиграцијата во Бугарија. Во една своја реч пред својата смрт, пред Ќустендилското граѓанство, Димитров остро ги нападна лажните автономисти Тодора Александров и Александар Протогеров и изјави дека земјоделскиот сојуз и земјоделската власт се искрени сочувственици на македонската автономистичка идеа, а не тие царски лакеи, што тргнале да го заблудуваат народот со нечесни намери и цели.\nВо врска со дејствата на лажните автономисти и убиството на Александар Димитров – еве што пишува еден од бившите четници на Тодора Александров, а подоцна негов противник: „Бидејќи во борбата на Александров најважен аргумент му беше теророт, затоа тој го замисли и организира убиството на најенергичниот човек од владата, за каков го сметаше Александар Димитров. Та затоа тој сакаше да го убие побргу него отколку Стамболиски, оти се плашеше после убиството на Стамболиски Димитров ќе застане на чело на владата и посмело ќе ја води борбата против своите противници, односно и против него“.\n(Од брошурата на Славчо Иванов: „Кој беше Тодор Александров“ стр. 30).\nПо иницијатива на реваншистичките кругови после Првата светска војна беше се создало офицерско друштво, наречено „Воена лига“. Со своите логички разбирања А. Димитров ги расколеба членовите на офицерството од „Воената лига“ и таа доброволно серастури. Пред нејзините членови тој говореше: Господа, конспирацијата не прилега на офицерите, зашто таа го изложува нивниот авторитет со своето мешање во внатрешниот живот на земјата. Офицерите конспиратори се јавуваат како носители на најопасни преседани, кои го растројуваат општеството и државата. Вашата „лига“ е тајна „таа и не може да се движи по средината, оти постои опасност да се појави како реакционерна сила, која ќе им служи на крахистите во Бугарија . . .“\nЗанаејќи го тоа, реваншистите за да навлезат одново во армијата и за да ја возобнова одново „Воената лига“, решија по секоја цена да го убијат воениот министер. Тој задаток тие го возложија на Тодора Александров, кој го беше добил името „шлифуван заседаџија“, инаку разммазен наемник колач на круната кому му беше дадена право да убива без да биде казнет. Пред Балканска војна по негова наредба беше убиен тиквешкиот војвода Добри Даскалов. По негова наредба ги убија и раководителите на селата: Сирминин – Илија Велев, и на с. Баравица – Коста Гацев, па поројскиот војвода Гоно Иван Кехајов, кратовскиот војвода Дончо Ангелов и многу други дејци со цел да се компромитира уриетот, и најпосле се стигна до убиството на Г’орче Петров и Александар Димитров.\nЗа убиството на Александар Димитров Тодор Александров испрати една група четници, на чело со војводата Панче Михајлов и Иван Брло, кои, вооружени со карабини, поставија заседа на патот за с. Козница, родното село на Димитров, и на 30 октомври 1921 година го дочекаа и убија.\nПо смртта на Димитров, военен министер стана еден од земјоделските дејци, Коста Томов. Тој немаше својства на општественик ниту на револуционер, ниту на државник. Реваншистите го осетија и се восползуваа од неговата бескарактерност. Со негово знаење се воспостави „Воената лига“ – Томов и’ ги разврза рацете на конспирацијата. Под негова заштита во Македонија под бугарска власт Тодор Александров ја воспостави и зацврсна наполно својата конспиративна мрежа, наречена ВМРО, нужна за целите на реваншизмот и борбата на реакцијата за реставрација на старите крахувачки партии во Бугарија.\nПо смртта на Г’орчета немаше кој да ги заштити македонските маси од вовлечувања. Привременото претставителство, за кого веќе зборувавме, клатејќи се меѓу работничката партија (к) и водачите на владеачката земјоделска партија, веќе се беше распаднало.\nСо убиството на Г’орче Петров и Александар Димитров, Тодор Александров стана знаме на бугарската реакција. Потпран здраво на мрачните сили и фактори, добро субсидиран и вооружуван од нив самите, тој некрунисан цар, заедно со нив, се реши за сметнувањето од власт на Стамболиски.\nАлександров и темните сили на реакцијата сметаа дека со убиството на Г’орче Петров ќе се парализира секаква македонска централистичка и прогресивна дејност меѓу емиграцијата и населението во Пиринска Македонија и дека со убиството на Александар Димитров ќе се намали сопротивата за кутнувањето на земјоделската влада од власт.\nВо тој правец реакцијата беше охрабрена и потпомогната од предавниците на „Бугарскиот народен земјоделски сојуз“, кои беа станале тајни агенти на реакцијата. Карактерно е дека непостојаните министри и други колебливи членови на БНЗС од врвовите на сојузот на власта беа свиле раздорно гнездо во средината на сојузот, и, водени од лични интереси, систематски го подготвуваа недоволството меѓу сојузната управа, и на конспиративни начала, некаде директно некаде индиректно ги потпомагаа круговите на реакцијата. На чело на внатрешниот конплот на земјоделскиот сојуз стоеше воениот министер Коста Томов, кој го зеде тој ресор по смртта на Александар Димитров. Стамболиски веруваше дека во неговата сојузна група има непријатели, ама никако не можеше ни да замисли дека најцрниот меѓу црните ќе биде Коста Томов, кому му го беше поверил воениот ресор.\nСвоевремено реакцијата на македонскиот сектор дејствуваше умело. Ние веќе зборувавме, кога луѓето на Александров – оние од „Исполнителниот комитет“ се соединија со луѓето од „Привремената комисија“ – на архитектот Јуруков. Тоа беше една итрост и акт за сопирање на самостојното федератистичко развивање. Друга една итрост александровците извршија пак кога ги повикаа федератистите во Тирана на преговор. На состанокот од страна на александроовците присуствуваа Протогеров и Петар Чаулев, а од страна на федератистите д-р Атанасов, Крсто Лиондов, Крум Зографов, Павел Христов, Христо Цветков и Ангел Василев. Тие донесоа решение под името „Тирански Протокол“. Во тој протокол се спомнува обединението на сите распаднати македонски сили и дека се става начело на единството меѓу Протогеровистите и Јуруковците. Но тој споразум не беше искрен, оти беше само примка за разузнавање. Сам Александров не го потпиша „тиранскиот протокол“, а Протогеров се откажа од своите обврски и од својот потпис.\nВерни на своите потписи и на идеата да се свика општ конгрес на бившите дејци, кои ќе изберат едно раководно тело, преку летото на 1922 година федератистите екипираа неколку чети, определени за разни реони на Македонија под бугарска и српска власт, и на чело со Крум Зографов, родум од Велес, заминаа за Македонија. Но штом стигнаа со четите во кратовскиот крај, каде што требаше да се состанат со Тодор Александров за да го определат местото на конгресот,тие беа предадени баш од него на српската џандармерија, а преку едно нарочно определено за таа цел лице, кое и соопштило каде се наоѓаат четниците на чело со Зографов. Војската и џандармеријата српска ги обиколува, настанува борба, во која загинува и самиот војвода Зографов. (Види ја брошурата „Каков беше Тодор Александров“ Од Славчо Иванов, стр. 48 – 49).\nПо тој начин иницијативата на федератистите за издигање на старата ВМРО преку создавањето, внатре во поробената земја, еден избран централен комитет пропадна. Крум Зографов таа идеа ја плати со својот живот, предаден од еден фиктивен и лажен член на ЦК на некаква си ВМРО, каков што беше Тодор Александров, кој никогаш не се јавил преку својот живот ни на каков конгрес и кој никогаш не бил избиран за член на кој и да било Ц.К. на ВМРО.\nСоздал своја база и конспиративна формација во Бугарија (Софија) и во контакт со новообразуваната „Воена лига“ на воениот министер Коста Томов, Тодор Александров стануваше од ден на ден се поопасен за режимот на Стамболиски и за слободното пројавување по чисто македонска линија на оние Македонци, кои би сакале да заминат меѓу народот во трите дела на Македонија.\nПо таков начин Александровата ВМРО, како пододдел на врховизмот, израсна до степен на една организирана сила, која почна дрско да го нарушува политичкиот живот на Бугарија и мина во фаза на откриени напади.\nНеазвисно од врховистичката организација на Александров и Протогеров, во Петричкиот крај беше се создала една друга конспиративна сила – онаа на Алеко Василев, наречен Алеко паша. Алеко беше бивш четник од серските чети. Тој стана илегален на индивидуални начела, подгонет од власта заради вршена контрабанда со стоки од Грција. Во летото на 1922 година Тодор Александров, за да го привлече Алекса на своја страна, влезе во врска со него и од името на еден импровизиран ЦК на чело со Александров, Протогеров и Чаулев го склони да се потчини на тој импровизиран ЦК. На Алека најнапред му беше испратено едно окружно писмо, во кое александровците лажеа: 1. Дека ВМРО се возобновува за да се бори за ослободувањето и обединувањето на распарчената меѓу Бугарија, Србија и Грција – Македонија, во една географска и политичка целина како самостојна држава, и 2. Дека ВМРО нема да се меша во внатрешниот живот на Бугарија...“\nАлеко, и сам опфатен од идеата за ослободувањето на Македонија, им поверува на александровците и отпочна агитација меѓу населението од Пиринска Македонија дека Александров ги прима принципите на Сандански. Откако го испрати окружното писмо, водејќи агитација за потчинувањето и признавањето на Александровиот ЦК, од секаде му се возразуваше дека Александров не е свесен револуционер, дека е непоправлив преданик на македонското дело, дека не треба да му се поверува, оти е царски агент и друго. Но Александров со демагошки потфати беше го привлекол кон себе си Алека, кој со себе си поведе мнозина стари санданисти како Бујанов, Манолев, Говедарчето, Медникаров, Пенков и други.\nТоа окружно писмо и агитацијата на Алека изиграа една демагошка улога во полза на врховизмот. Во редовите на организацијата на Тодор Александров, поради помошта на Алека, влегоа и некои идеалисти (анархисти) заедно со сестричникот на Гоцета Делчев, Тодор Чопов, па Иван Брато, Дерменџиев, Асен Даскалов и други, кои Тодор Александров ги исползува за терористички цели. Така, на пример, Иван Брато го испрати во Гевгелија за да го стрела бившиот македонски ениџе – вардарски војвода – Иван Палош, а Асена Даскалов го определи да фрли бомба во ложата на министрите од кабинетот на Александар Стамболиски за време на една претстава во народниот театар.\nТака се издигна ВМРО на Александров, кој заблудуваше дека неговата организација е приемница на Делчевата ВМРО.\nНо сомненијата по однос улогата на Тодор Александров наполно се оправдаа. Тоа се разбра наскоро, кога федератистите успејаа во Тиранскиот протокол да добијат признание дека александровците дотогаш работеле како врховисти со присоединувачка тенденција. Поради тоа ''Тиранскиот протокол'' ги задолжи обете страни да го преместат седалиштето на ЦК на ВМРО во Тирана. Но, Александров, како забележивме погоре, откажа да го потпише Тиранскиот протокол, а без негова согласност протоколот ја губеше сета воја сила, бидејќи во рацете на Тодор Александров се наоѓаа паричните средства за финансирање на организацијата. Другите двајца, членови на така наречената Александрова ВМРО, беа само послушни фигуранти, пополнувајќи го комитетот, колку за оформување.\nАлеко паша многу ја улесни задачата на Тодор Алексанров, оти имаше добри врски со Пирин. Масите од Пирин преку Алека станаа важна сила во рацете на Тодор Александров. По малку време после минувањето на Алеко паша од страната на Тодор Александров воените кругови замислија една акција против земјоделската власт на Александар Стамболиски. По тие причини и возможностите на 17 октомври 1922 година се случија така наречените ''Неврокопски собитија'', во кои загинаа и неколку души неврокопци (Види го списокот, приложен кон крајот на оваа книга).\nНападот на Неврокоп беше добро обмислен од реакционерните кругови. Во тој напад преоблечени учествуваа и воени лица и луѓе на министерот Томов. Тоа се случи една утрина – на 16 октомври 1922 година. Нападачите го опкружија градот и го натераа Тодор Паница да се барикадира и се бори во самиот град. Започнатата борба траеше преку целиот ден, а и ноќта спроти 17 октомври. Но Паница со своите другари успеа да го пробие кордонот и да се спаси. Паднаа само некои од така наречените царски автономисти.\nПаница остапи поради тоа што узна за вероломството на офицерите и за внатрешното предавство на владеечкиот земјоделски сојуз. Царските автономисти за да го прикријат својот состав, направија и една комедија. Тие јавно ја нападнаа казармата и запалија неколку дуќани во градот. Раздвижувањето на војската против нападачите беше стварно комедија, слична на онаа при нападот на Ќустендил.\nПо отстапувањето на Паница заедно со неговите другари царските автономисти извршија извесен број убиства. На 18 октомври 1922 година по повод на таа борба и комедијата на Алеко паша, кој стоеше на чело на експедицијата, бугарската и македонската општност се алармира со прочуеното окружно писмо бр. 62 дека силата на централистите се состоела од неколку чети кои го опкружиле градот и го принудиле мајорот Никифоров да не влегува во градот и да не ги гони. Тоа окружно писмо, полно со измислици, беше отпечатено во повеќе илјади примерци и беше растурано со пропагаторска цел.\nПосле Неврокопските собитија се случија и така наречените ''к’устендилски настани'', во кои беа искасапени исто така голем број луѓе. Истите царски автономисти, предводени сега од Панчо Михајлов и Иван Брло, една утрина го опкружија градот Ќустендил со цел да ги избијат или да ги отераат од нивните бази федератистите, каде што се беа сместиле, оти оттаму тие упаѓаа во Петричкиот крај и го обезпокојуваа Тодор Александров и Александар Протогеров, расипувајќи им ги плановите за кутнувањето и компромитирањето на земјоделската власт со убивањето на политички луѓе, приврзеници на земјоделската власт и кои не сакаа да влезат во составот на нивната царска организација. Но групата федератисти, што беа отседнале во Ќустендил, не знаеја дека силата на александровците лежи во круната и богатите слоеви, што се наоѓаа во власта, а водени како крило во земјоделскиот сојуз од воениот министер Коста Томов, со чие учество и согласие и се приготви планот за напад на Ќустендил. Затоа федератистите и се изненадија со учеството на војската од страна на царските автономисти, па затоа и на време отстапија.\nИ во Ќустендил, како и во Неврокоп, автономистите извршија приличен број убиства од политички карактер, односно на луѓе што не им го признаваа правото на Тодор Александров и Александар Протогеров да ја претставуваат Делчевата ВМРО.\nСите тие одделни, групни и масовни политички убиства беа резултат на контранастапот на реакцијата, која имаше за цел да создаде психолошка подготовка за деветојунскиот вооружен военен преврат против земјоделската власт, кој се случи на 9 јуни 1923 година.\nСите тие крвни настани беа инспирирани, вдахнати и водени од круната, која во надвечерието на ''Деветојунскиот преврат'' пливаше во водите на италијанскиот фашизам, што дејствуваше против версајскиот мировен договор.\nНеврокопските и ќустендилските собитија не беа сериозно проучени од страна на Работничката партија (к) и по нив не се донесоа никакви конкретни решенија. А владеечкиот земјоделски сојуз, респективно неговиот претседател – Александар Стамболиски им напомнуваше на своите сомисленици да го позат сојузот од внатрешни непријатели, но покрај тоа и самонадејно изјавуваше дека е тој во состојба и сам да се расправи со опасноста. Но таа самоувереност му дојде и до глава.\nКога се случија ќустендилските собитија на пријателскиот состанок меѓу Панче Михајлов и воениот министер Коста Томов, Стамболиски не можеше а да не го забележи предавството. Но мерките кои се превземаа не беа доволни да ја одстранат опасноста од реставрација на крахувачките партии и нивните тирански режими. Стамболиски не дејствуваше цврсто и решително против оѕверниот реваншизам, кој се беше обединил тајно и ја надигаше својата глава. Во моментот единствени беа федератистите кои одговараа на куршумите со куршуми, и тоа само донекаде ја возмутуваше реакцијата. Но власта на Стамболиски ни со нив не содејствуваше ефикасно, а во извесни случаи дури и им пречеше. Земјоделската власт ништо не направи да ги задржи федератистите во Ќустендил, а моментот беше таков дека беше нужно нешто да се направи, и тоа со вооружена сила против царските автономисти. Отседнатите федератисти во Ќустендил напротив, место очекуваната заштита, со помошта на земјоделската власт беа евакуирани во внатрешноста на Бугарија. А таа работа им улесни многу на Александровите луѓе.\nБаш во најсилната борба меѓу федератистите и темните сили на реакцијата – автономистите, се појави и четата на Илија Пандурски. Тој беше со леви разбирања, иако неулегнати. Здрав, пргав, одличен стрелец, необично смел човек, и познавајќи ја месноста добро со својата добро вооружена чета тој им ги побрка плановите на лажните автономисти и направи меѓу нив голема паника. Пандурски со својата чета навлезе во Св. Врачкиот крај, уби некои одговорни луѓе на Алексанров и им објави војна на лажните автономисти. На помошт изјавија желба да му пријдат мнозина. Стојчо Чочков побара преку Димо Х. Димов средства од Работничката партија (к), но не ги доби. Димо х. Димов се плашеше да дејствува по таа линија за да не би го принудила борбата со оружје в рака да се појави како групација. А групациите веќе беа оцртани и мнозина мислеа да се спасуваат со лојален неутралитет. Само кметот на градот Дупница – комунистот Коста Петров, имаше определено становиште по прашањето за методите во борбата против лажните автономисти, но и нему партијата не му позволи да се определи како страна. Ама и покрај таа неутралност на 21 февруари 1923 г. Петрова го убија лажните автономисти, обвинет дека му помагал на Пандурски, иако тоа не беше вистина. Првземената акција на Пандурски беше стварно негов самостоен акт, па заради тоа тој и неможеше со својата чета да се одржи во борбата против организираната сила на лажните автономисти и беше принуден да ја премине границата и да навлезе во Македонија под српска власт, на која и и’ се предаде. А таа го приклучи кон една своја контра – чета, која дејствуваше во Малешевскиот крај.\nКоста Петров беше убиен не поради давање некаква помошт на Пандурски, туку само поради неговата бистрина со која можеше да ја прецени положбата дека развитокот на лажните автономисти во лицето на Тодор Александров и Александар Протогеров е фактички почеток на борбата на реакцијата за сметнувањето на земјоделската власт и за растурањето на комунистичката партија. Загрижен за последиците од паѓањето на Стамболски од власт, Петров на чело на една делегација се јави при Стамболиски и го замоли да земе решителни мерки. Александровците разбраа за неговата посета кај Стамболиски и во заседа го убија.\nТака се подготвуваа собитијата, кои достигнаа до актот вооружениот преврат на 9 јуни 1923 година.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_VII._%D0%9A%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D1%88%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%B8_%D0%B2%D1%80%D1%85%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82", "word_count": 3559, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10104", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XIV. Изчезнувањето на буржоаската демократија во Бугарија", "text": "Улогата на деветнаестомајците после превратот. Идејата звенизам или авторитатизам. Протогеровистите и новата 19-то мајска власт. Односот на македонската емиграција кон новиот протогеровистички македонски национален комитет. Паг’ањето од власта на деветнаестомајците. Процеси и убиства на генерали. Зошто 19-томајците ја изгубија власта.\nНие ги подвлековме основните причини, што ги подигнаа деветнаестомајците од кругот „Звено“ по конспиративен пат да ја заземат политичката власт. Но би биле еднострани, ако го изгубиме од предвид идеализмот на некои од тие луѓе, особено на младите офицери од капетанската формација, кои не можеа да навлезат во душата на оној што ги воспитувал во военото училиште и кој ги беше тајно организирал, пред да биде избркан од военото училиште поради тоа што се беше скарал со царот. Станува збор за Дамјан Велчев, чија замисла во превратот сосема не одговараше на желбите на младите офицери и на дребнобуржоаската интелигенција во кругот „Звено“, за социјална правда и за обуздување на едриот експлоататорски капитал.\nТие луѓе беа слични на привржениците на капетан Ром во Германија, кога го уби лично Хитлер во неговиот стан, што беа влегле во Хитлеровата партија, измамени од неговата пропаганда за социјални демагогии, и кога побараа спроведување во живот на социјалната\nПрограма и социјалниот дел од револуцијата, тие беа во една ноќ исклани од тој истиот Хитлер кој им ветуваше социјализам.\nВо Бугарија тоа стана поинаку. Тука беа капетан – ремовците фрлени во затвор и осудени на смрт заедно со нивниот шеф од бугарскиот Хитлер – цар Борис, другите беа избркани од армијата или неунапредени, третите беа убиени.\nЗвенизмот им изгледаше на младите офицери како движење кое требаше да ги изглади различијата во разните општествени струи во Бугарија. Но, тоа беше теорија. Праксата беше друго. На 19 мај 1934 година деветнаестомајците ја суспендираа демократската и конституционата слобода на народот. Тие ги растурија партиите, а на граѓаните им го зедоа правото да се собираат и разгледуваат општествени прашања. Тие им ги зедоа правата на работниците за слободно здружување на професионална база. Тие ги обрнаа професионалните друштва во казиони бранши, а за секретари на браншите именуваа агенти на власта, со цел да слушаат и наблудуваат што зборуваат и што работат работниците. Тие го исползуваа методот Наредба закон, без да го прашаат и народот и без да им го дал тоа право. Тие создадоа драконска цензура, зазедоа навредливи позиции кон бугарските граѓани и ги беа ставиле во положба на малолетни. Потпрени на тик, тие се јавија на бугарската политичка сцена со манијата на авторитетни“, „волови“ и „компетентни“. Народните маси не претставуваа за нив ништо. Ова мачење го вознемири и народот. Буржоаските партии се согласија со режимот на „компетентните“, но народот не се согласи. Работничката партија не се согласи. Пред таков вид насилба не се покори работничката класа и нејзиниот организиран кадар. На секаде во земјата почна организирана борба.\nВо борбата против деветнаестомајците тие одговорија со обесување на неколку војници од Хасковскиот гарнизон. Тие беа обесени само поради тоа оти беа организирале марксистички кружоци. И нешто повеќе. Деветнаестомајците истепаа низа видни работнички дејци како Јордан Лјутобротски, Енинската група и др. Тогаш тие не утепаа и не обесија ниту еден терорист или убиец од многуте такви михајловисти.\nВеднаш по заземањето на власта деветнаестомајците ја растурија и ја обезоружија скоро без никакви напори организацијата на Иван Михајлов и ги расформираа неговите чети во Пиринска Македонија. Ова ја отстрани опасноста од навлегувањето на српските војски во Бугарија. Брзата и лесната ликвидација на михајловистичкиот бандитизам покажа дека неговата сила се криела и дека тој се потпирал на дворецот, владата и воените. Она што му беше познато на македонскиот народ како и на прогресивната емиграција во Бугарија и зад океанот, сега му стана јасно на целиот бугарски народ и на целиот свет.\nРазгромувајќи го михајловистичкиот бандитизам деветнаестојунците извадоа пред суд за да одговараат за своите недела многу од убијците – терористи на Иван Михајлов. Но додека работничките дејци беа осудувани на смрт и бесени или стрелани по улиците во исто време убијците михајловисти остануваа живи во затворот за да ги помилува и ослободи царот.\nПо однос на македонското прашање, трн во окото на секоја буржоаска влада, 19-томајците ја крепеа политиката која во основите си беше големобугарска. За тоа јасно зборуваше односот кон македонската емиграција и кон нејзините институти. Тие ја зедоа привидната слобода на емиграцијата и се помачија да ја ограничат нејзината дејност за да ја присилат да води бугарска државна политика, како што правеа националните комитети на Иван Михајлов. Таа политика на деветнаестомајците се одразуваше и во нивната наредба по која требаше да се образува еден општ емигрантски комитет, од македонската, тракијскатата и добруџанската емиграција. Пред тој општ емигрантски комитет тие поставија чисто големобугарски цели и задачи, да биде орган на министерството на надворешните работи на Бугарија и да дејствува по директивите на владата, по чии директиви ќе донесува резолуции, ќе свикува собранија, конгреси, ќе организира протестни манифестации и др. и да упатува петиции до Друштвото на народите за застапување каузата на „бугарското малцинство“ вклучувајќи ги тука и Македонците под српска и грчка власт.\nТаа политика во однос на организационен живот и слободата на емиграцијата претставуваше вртење во омаѓосан круга на едно неправилно разбирање за бугарското обединување по големобугарски и врховистички начин. Македонската емиграција зазеде непријателски став спрема стремежот да се зодаде таков врховен институт, кој би играл така, како ќе му свири бугарското министерство за надворешни работи, а населението од Пиринска Македонија разбра дека деветнаестомајците се исто така опасни ѕверови за македонското дело, како што беа опасни михајловистите и протогеровистите.\nПолитиката на деветнаестомајците по македонското прашање први ја осудија Гевгеличаните. Тие ги исползуваа деветнаестомајските промени и наново си го вратија прогресивното раководство на братството што го беа избркале михајловистите но тие се беа разочарале од новиот македонски национален комитет на протогеровистите на чело со претседателот Димитар Мирчев, кој беше сервилен и послушен агент на деветнаестомајците.\nВо духот на „бугарското обединување“, деветнаестомајците посегнаа на михајловскиот македонски национален комитет, но не го растурија, туку го предадоа на протогеровистите.\nСамите протогеровисти, кои беа неразделен дел од буржоазијата и деветнаестомајците и ја подржаа нивната политика, издадоа комунике, со кое ја известија македонската емиграција и своите луѓе, за да знае бугарското општество, дека на бугарската територија се растурува нивната ВМРО. Но, како комуникето така и промената во составот на македонскиот национален комитет не значеше, дека со тоа се променила и големобугарската природа по македонското прашање.\nПротогеровистите учествуваа во клањето на Македонците и Бугарите во јуни и септември и во Горно-џумајските настани. Перо Шанданов заплашуваше преку својот протогеровски орган дека ќе открие нешто во врска со убиството на министерот Никола Генадиев, но од ветувањето на тој заседник и превратник не стана ништо. Кога се решаваше во Министерството на војната прашањето за отепувањето на Никола Генадиев присуствуваа и: Дамјан Велчев, министерот на војната, генерал Иван В’лков, Кочо Стојанов, мајор Порков и капетан Радев; учествуваа и луѓе од ВМРО, луѓе на Александров и Протогеров. Во убиството на Генадиев зедоа учество и генералите: Куцаров и Стојанов. Радев го уби Никола Генадиев, по наредување од военото министерство затоа што тој беше во состојба да застане на чело на земјоделските маси.\nПротогеровистите, михајловистите, деветојунците и деветнаестомајците беа сите едни исти луѓе и не се препираа околу принципите. Тие беа се разделиле, како што сме подвлекле на протогеровисти и михајловисти не за принципите, а на друга основа. За време деветнаестомајскиот режим се додека деветнаестомајците ја изгубија власта, михајловистите шетаа слободно.\nПротогеровистите како и деветнаестомајците привидно ја крепеа политиката за зближување со Југославија. Едно искрено зближување би ги открило нивните погледи на македонското прашање. Во суштина македонското прашање си остана на истото место, кое си беше и пред идењето на деветнаестомајците на власт. Разликата беше во тоа што се променија средствата за постигнување на целта.\nЕдно искрено ориентирање на деветнаестомајците кон политиката за зближување со Југославија, го претполага јасниот однос кон прашањето за етничката припадност на Македонците, тие ќе треба да се признаат како одделен народ и да се тури крај на спорот помеѓу Белград и Софија околу прашањето, деветнаестомајците требаше да натурат ново раководство на македонската емиграција во Бугарија, за сметка на протогеровистичкото раководство што исто така го беа натуриле, кое со ништо не се разликуваше по побугарената си природа на михајловистите. Без еден таков разумен почеток во политиката за зближување помеѓу Белград и Софија, без јасен однос на двата престола кон македонското прашање, секакво зближување би било невозможно.\nТакво нешто од кое би се видела спремноста на протогеровистите и звенарите за една реална политика за зближување со Југославија, не се гледаше ниту од нивното пишување, ниту од нивните изјави.\nТреба да се одбележи дека на таа основа за зближување исто така не се согласуваа ни тогашните управувачи на Југославија кои водеа хегемонистичка и денационализаторска политика во однос на народите што живееја во Југославија. Тие како ѕверови се нафрлуваа против тезата за признавање на македонската индивидуалност и нејзиното самоопределување, изјавувајќи дека се Македонците Срби, и Македонија Јужна Србија.\nУпотребениот метод за сменување на составот на МНК беше ист како и методот за време на Ивана Михајлов. Вместо Иван Михајлов кој ја беше спремил листата на МНК пред 19 мај, сега ја спреми листата Пецо Трајков. Пецо Трајков се послужи со подлост и лага, така како секогаш се служеше Иван Михајлов. Пецо излага некои прогресивни дејци, дека како гаранција за слободни собранија во братствата, во новиот состав на МНК ќе влезат и прогресивни луѓе. Но, при зборот на советот во Крушовскиот дом, прогресивните делегати беа излагани. Во прочитаната листа влегоа се одбор протогеровисти, со исклучение на Божин Проданов, кого го беа излагале дека во листата на МНК ќе се вклучат и прогресивни луѓе и кој се откажа по кратко време од МНК. Изборот стана на 2 септември 1934 година.\nИзбраниот МН беше составен само од врховисти. Тој МНК божем требаше да биде прогресивен, а тој продолжи да ја свири старата каранџуловска песна, која пак заплака за „Бугарите“ во Македонија.\nДимитар Мирчев, новиот претседател на МНК по 19 мај, стар врховистички егзархиски пензионер, вместо да нареди да се сменат сите михајловисти, раководители, што постоеја на 19 мај, тој ги повика на конференција и побара од нив материјална и морална помош. Што значеше ова? Тоа значеше дека убиствата и чистката помеѓу протогеровистите и михајловистите не се вршила поради некакви принципни противречности туку дека протогеровистите и михајловистите и’ служеле на бугарската власт, служеле на туѓа кауза и против интересите на Македонија.\nПоради тоа што новиот МНК на протогеровистите не излезе со јасен и категоричен македонски став поради тоа, што тој тргна по линија на помирување со михајловистите и нивните раководители во братствата кои не беа сменети и после 19 мај, тој неможеше повеќе да се потпира на масата, зачленета во братствата; така што и масата се откажа од него.\nМакедонските маси не сакаа да го поткрепат протогеровистичкото раководство на МНК како што бугарските маси не сакаа да ја поткрепат девтнаестомајската влада, чија надворешна и внатрешна политика беше нејасна, неконкретна и неубедлива.\nМакедонците во Бугарија имаа јасна, определена политика во однос на борбата за слобода на својата татковина. Во весникот „Македонско знаме“ уште преку 1933 година, Бистрички се јави со статија: „За национално колонијалниот гнет во Петричкиот крај“ Бистрички влегуваше во раководниот кружок на макед. прогресивно движење. Васил Х. Кимов исто влегуваше но беше провокатор во кружокот и им ги откри имињата пред полицијата.\nОд м. јануари 1935 година почна да излегува и списанието „Македонски вести“ под редакција на Ангел Динев. Списанието беше легален орган на ВМРО (обединета), кругот околу списанието и самиот редактор го дигнаа високо знамето на македонската нација. Ова го потврдуваат и многубројните искажувања за содржината на списанието. Многу изјави на стари илинденци и нови македонски дејци беа отпечатени во в. „Македонски вести“. Никола Коларовците и агентите на генерал Недов дигнаа голем шум против редакторот на „Македонски вести“. Воодушевената македонска академска младина, која студираше на југословенските универзитети заедно со кругот околу „Македонски вести“, го прифатија македонското дело во свои раце. Младите Македонци во Софија и Белград откриено пропагандираа и изјавуваа дека тие не се сложуваат со буржоаската софиска и белградска наука во однос на етничката припадност на својот народ и дека тие ќе работат на будењето на националната свест кај Македонците.\nВо 1936 година во Софија започна големиот процес против ВМРО (обединета). Затворени беа околу 60 души. Центарот на процесот се вртеше околу македонскиот деец Асен Чаракчиев кој што тогаш стоеше здраво на позициите на македонската линија и пред иследните органи и пред судот. Но и тој, како и многу други сега по информбировската резолуција отпаднаа од редот на борците за слобода и самоопределување на македонскиот народ.\nСето ова беше одраз на националното оформување на македонскиот народ. Емиграцијата во Бугарија при таква политичка положба, и при јасната генерална линија на борбата, не можеше да биде инструмент на 19-то мајците.\nВерувајќи во едно воено конспиративно другарство, разгледувајќи ги мерките за понатамошна „реформаторска“ дејност, звенарите во својата заслепеност не ги видоа внатрешните пукнатини на својата воена колегија, која триумфираше, а самозадоволувајќи се, ја прекројуваа формата на капиталот, но без да се засегнува неговата содржина.\nВо основата на планот за реформи и заздравување, звенарите не посегнаа на капиталот, за да би се потпреле на експлоатисаните селански и градски маси. Тие не се ориентираа кон интересите на тие маси за да можат да се надеваат на нив при обидот им да го урнат царот, ако се обиде тој да се противстави на реформаторските им цели. Тие ја оставија незасегната буржоаската основа – самите фашизирани и дејствувајќи на буржоаски терен, тие паднаа во противречност со самата буржоазија и се јавија како сеачи на празно.\nНекои од нив беа убиени од царот поради сомнение дека живеат со републикански чувства. Како сомниви за царот беа генералите: Данчев, Пеев, полковникот Виктор Најденов, мајорот Стојанов и др. Некои од сомнивите беа убиени со куршум, а некои беа отруени од определени луѓе.\nКако способен конспиратор, цар Борис дејствуваше со парични средства, со подлости и лаги. Со ветување на титули и други разни привилегии, тој се вовлече помеѓу 19-то мајците, и преку генерал Златков, што го беше поткупил, успеа да ја разбие звенарската конспирација и во јануари 1935 година да ги отстрани од власта. За таа улога генерал Златев беше именуван од царот за министер претседател на Бугарија, но неговото претседателство беше за кратко време, кога по неколку месечното раководство беше заменет со друг министер претседател.\nНа тој начин подлиот Германец, што го беше придобил поголемиот дел од офицерството на своја страна, на 21 август 1935 година му ја даде власта на Андреј Тошев и издаде манифест, дека ќе ја обнови конституцијата. Ова тој го стори со двојна цел: да го смири народот и успокои онеспокоеното и разделено офицерство од промената, која на народот и офицерството не му донесе ништо.\nНаскоро по објавувањето на царскиот манифест, откога и’ ја даде власта на владата на Андреј Тошев, царот уште понатаму го стегна јажето околу вратот на народот, а со помошта на неговите верни офицери започна чистка во армијата.\nТака царот, преку звенарите франкофили, откога ги исползува нив за расчистување на патот кон диктатура, ја зеде власта во свои раце и го зацврсна германизмот во Бугарија.\nЦарот не го заборави ниту протогеровискиот македонски национален комитет на Димитар Мирчев. Полицијата ја конфискува целата архива и назначи тројца членови за управување и раководење на емиграцијата; членовите беа: резервниот генерал Коста Николов, и полковниците Стаматов и Георги Саракимов. Царот не ја заборави и гевгелиската емиграција. Министерот на внатрешните работи генерал Мидилев ги повика д-р Христо Иванов, Иван Јанчев и Георги Бајалцалиев и им го наложи раководството на Гевгелиското братство. Органите на полицијата ја зедоа архивата од претседателот на братството Ангел Динев и ја дадоа на споменатите тројца назначени од Мидилев. Полицијата го растури читалиштето „Роден крај“, некои гевгеличани беа затворени, а некои од нив беа тепани, како Сандо Јанков, Тома Сапунџиев, Насо Колокторов и др.\nГевгеличаните со откажаа од таквото „раководство“ жигосувајќи го како противгевгелиска и противмакедонска агентура, и на првото собрание што го беше свикало ова „раководство“ по дадениот знак од Димитар Г. Динев сите го напуштија домот, а братството ја продолжи нелегално својата работа се до 9 септември 1944 година.\nНа 9 септември, гевгеличаните ги повикаа на одговорност тројцата од „раководствоо“. Јаким Христов се покажа честен, ја увиде својата грешка, се покаја и плачејќи во крчмата на Димитар Икономов гласно викаше: „Милост, милост, ние згрешивме“. Кога дојдоа во домот на братството, како да немаа крв в жилите. Д-р Иванов извинувајќи се пред сите изјави: што ќе ми наредите тоа ќе работам. Гевгеличаните им простија на фашистите, и на никого не му напрација ништо.\nДо сето ова не би дошло, ако не беа народните сили разединети, ако деветнаестомајците беа тргнале по линија да ги штитат народните интереси.\nЕдинствениот позитивен чекор, што го направија деветнаестомајците беше, што тие воспоставија дипломатски врски со СССР, што подоцна итрите Германци ги исползуваа за разузнавачки цели, правејќи се дека се готови да се согласат со рускиот пројект за прокопување канал помеѓу Црното море и Белото море.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XIV._%D0%98%D0%B7%D1%87%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D1%83%D1%80%D0%B6%D0%BE%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 2772, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10100", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XI. Заодот на блоковата власт во Бугарија", "text": "Капитулацијата на блоковата власт пред михајловистите. Михајловистите одвлечуваат и убиваат. Народот се бори сам и без помош на власта. Сам ги обезоружува бандите на Иван Михајлов. И Симеон Кавракиров бива одвлечен, Гевгелијците протестираат. Што изјавува министерот Гиргинов. Убијствата продолжуваат. Образување комитет за акција. Спорови за комитетите за акција.\nВо текот на месец март 1932 година една чета михајловисти на 4 километра од село Добриниште запре еден автомобил, кој одеше од Софија, со тројца неврокопски општински советници и ги заплени. Пленетите ги одведоа во гр. Банско кај членот на ЦК на михајловистичката организација – Жоро Настев. Жоро Настев даде наредба пленетите да се одведат во село Осиково каде што останаа два дена и две ноќи. Оттаму задржаните ги однесоа во село Покровник. Селото во тој момент беше блокирано од војници, кои како божем ги бараа пленетите општински советници. Кога четниците за едно со пленетите го наближија селото, офицерот што ги познаваше тие кои се приближуваа даде заповед да се повлечат војниците, за да можат четниците слободно да влезат во селото.\nПо тој начин, полицијата на Гиргинов, место да ги фати претстапниците сама влезе во врска со нив и започна преговори како со политичка странка. Четниците преку вечниот „конспиратор“ Михаил Монев (наречен од емиграцијата „Црниот Монев“) ги издиктира условите на министерот Гиргинов. По тие услови, министерот се задолжува да го растури неврокопскиот општински совет и веднаш да му откаже служба на неврокопскиот околиски началник. Тие срамни за министерот и за Блоковата власт услови министерот Гиргинов ги потпиша.\nНаселението во Неврокопско и воопшто Македонците и Бугарите, сметаа, дека давајќи ја својата доверба на 21 јуни 1931 година на Блоковата власт, земајќи ја власта последниот ќе ја растури бандата на Иван Михајлов, ќе престане со теророт, за да се одмори народот. Меѓутоа, Блоковата власт не ги поткрепи напорите на народот во тој правец и не ја оправда довербата што и’ беше дадена за да управува.\nНо народот не се отчаја од измамата на Народниот блок и, опирајќи се на своите сопствени сили ја продолжи борбата. Така во с. Албанци, самите селани ја разоружаа четата на белогвардеецот Аспарух, која броеше дест души, оформена како михајловистичка банда. Во текот на летото во 1932 година селаните од Сатовче и Долен, вооружени со свои средства ја разоружаа четата на Ангел Бозолука. Но селаните се зачудија кога војните власти се смешаа и го вратија оружјето на разоружаните михајловисти.\nПосле многу факти, населението разбра дека е излажано од Блоковата власт и реши на своја глава и со свои сили да поведе борба против неодговорниот терор. Во новите општински избори, по капитулантската заповед на министерот Гиргинов, населението во град Неврокоп не се потчини на унизителната положба, во која го поставуваше „демократот“ министер и си избра свои советници, а не ги избра назначените од Иван Михајлов. Како одговор на тоа михајловистите се собраа и решија да ги отепаат граѓаните Михаил Мишев, архитектот Наралиев, адвокатот Владимир Мондов, и Бакалчев. На конференцијата за решавање на убиствата на геревизираните лица учествуваа: Иван Михајлов, Владо Куртев, Жоро Настев, д-р Дино Станишев, новиот претседател на МНК Георги Кондов, потпретседателот на МНК Велко Думев, Васил Василев, Петар Мрмев, д-р Кушев и Стојан Филипов – сите од така наречената „македонска парламентарна група“. Тие луѓе ние ги одбележивме за да се види нивната улога. Тоа решение се исполни на 16 јуни 1931 г. Една група терористи влегоа во гр. Неврокоп околу трите саатот по пладне, го нападнаа Нарлиева. Возбунети граѓаните се дигнаа на оружје против бандитите, но беа попречени од војниот гарнизон, кој благовремено го окупира градот, за да даде можност на напаѓачите да избегаат и го држеше населението два дена во домашен затвор.\nЈавното бранење на михајловистите од страна на војската во Пиринска Македонија, стана очевидно при гореспомнатиот факт, како и со отепувањето на четитена Пандо Струмилки така и за Борис Изворски, за кое веќе зборувавме.\nДрски во одбраната на периметарот – „Пиринска Македонија“ – што им беше дадена од царот за експлоатација и политички цели, михајловистите решија да отепаат уште маса луѓе од секое село, за да ја задушат секоја изјава на негодување кон нив. Тоа ја предизвика емиграцијата на посвесните луѓе од селата и градовите, кои што дојдоа во Софија и образуваа една делегација, која требаше да се јави при министерот Мушанов и да му го изнесе положението во Пиринска Македонија и да го помоли, да преземе мерки за заштитување животот на населението. Кога избраната делегација се јави при министерот Мушанов, тој ги дигна рамењата и им изјави: „Земете си ја грижата да се чувате сами, прајте што знаете, јас сум министер, но немам сила да се борам со нив“.\nИстата делегација се јави при министерот Вергил Димов. Тој пак ги испрати при Македонскиот национален комитет и ги посоветува да дадат декларација за лојалност пред михајловистите. Тогаш еден од делегатите се возбуди и му рече: „Господине министре, подржувајте ја Вашата декларација за лојалност со убијците на Стамболиски, а не нас не ни давајте совети. Ние дојдовме при Вас да Ве помолиме да ни кажете како да излеземе накрај со тие бандити, а Вие не терате да се покориме. Таква подлост ние никогаш нема да пројавиме спрам себе си“ . . .\nНа 8. VI. 1932 година михајловистите го завлечкаа и членот на ЦК на ВМРО (обединета) Симеон Кавракиров, кој си одеше по една од улиците на Софија. Кавракиров се бореше машки и викаше за помошт, но додека граѓаните се прибраа, бандитите неколкумина вооружени луѓе се збуричкале, го удирле со тапо оружје по главата, го замелушиле и го поставиле во такси, спремено на улицата за таа цел. Завлечканиот го понесе крстот на голгота и цели две години беше пронесуван низ темните места на Пирин. Таа голгота беше спремена од раководството на БРП(к), кои го убедуваа Симеона дека се задолжуваат да ги поправат сите грешки направени од нив по македонското прашање и подоцнежните грешки со нивната борба против федератистите, кои беа дале возможност, преку контактот со протогеровистите да биде откриен пред полицијата и михајловистите.\nЗавлечкувањето на Симеон Кавракиров беше почеток на заплашувањата спрема сите прогресивци, дека тие, михајловистите ќе започнат со убиствата на прогресивците и ќе бидат безогледни, така како што се такви спрема протогеровистите. И навистина, тие го исполнија заплашувањето и го отепаа секретарот на Работничката партија, Петко Напетов и други прогресивни . . .\nОткривањето на Симеон Кавракиров дека е тој член на ЦК. на ВМРО (обединета) како и некои преговори со протогеровистите, беше дело на македонскиот Азев – Мишо Шкартов, бивш санданист, што си ја беше продал совеста на цар Борис, тајно ги шпиунираше сите, служејќи на Дирекцијата на полицијата. Одделението за државна сигурност при Дирекцијата на полицијата подржуваше секретни врски со михајловистите. Ако михајловистите сакаа да исчистат некого, Дирекцијата го пренесуваше ова преку секретната врска на михајловистите, тие го наоѓаа и утепуваа, без пресуда и суд. И обратно, михајловистите си служеа со Дирекцијата на полицијата кога требаше да се пронајде некое сомнително за нив лице. Содржината на протоколот од цариградската конференција што беше одржана во началото на 1932 година му беше позната на началникот на државната сигурност, Стоил Драганов, уште пред да бидат со неа запознаени самите членови на ВМРО (обединета). Обединистите го беа субсидирале Миша Шкартов за вршење на организациона работа. Тој тоа и го правеше и полицијата брзо узнаваше за организираните и преку својата секретна врска ги обавестуваше михајловистите. Мишо Шкартов за таквата своја работа земаше пари како од обединените и михајловистите, така и од протогеровистите и полицијата. Тој живееше раскошно, безразборно арчејќи пари по софиските локали. Таков тип ретко се раѓа. Македонскиот Азев го настаса и надмина рускиот. Мишо беше молчалив и го сметаа за „тежок човек“. Околу Мишо се собираше секогаш група од пијаници. Езиците им се поотпуштаа штом се поднапијат. Тешкиот бај Мишо само молчи. Тој само слуша а сите околу него пијат за негова сметка. Компанијата му ја сочинуваа се бивши војводи и четници, копаранчауши и некои бивши и сегашни анархисти. Мишо е умен, тој ништо не зборува, „тежок човек“ – купува но не продава. На симеон Кавракиров ова му правеше впечатление а многумина се прашаа од каде Мишо има толку пари, се тој плаќа, но секој си одговоруваше: Москва е штедра, пари се даваат на најспособниот, на човекот со широки врски всред бугарските и македонските маси, само да се врши работата.\nВо овие борби на Македонија се јавува и втор македонски Азев во лицето на Јордан Анастасов, сограѓанин на Миша Шкартов, а како трет Азев се јави Симеон Ефтимов. Во послевоениот период на борбите, и првиот, и вториот, и третиот минаваа како федералисти во федеративното движење раководено од архитектот Јуруков и д-р Филип Анастасов, но нивната задача беше да го провоцираат федеративното движење.\n9 јуни 1923 година, т. е. после воениот преврат во Бугарија, Јордан Анастасов го среќаваме како „емигрант“ во странство, и како таков успеал да се вмакне помеѓу некои луѓе на задграничната централа на временото претставништво и времената комисија што беа избегале од Бугарија поради теророт.\nШтом беш основана ВМРО (обединена), Јордан Анастасов, успе, заедно со Владимир поп Томов, да се вмакне во составот на раководството на задграничната ВМРО (обединета). Тие двајцата го ориентираа и врзаа раководството на ВМРО (обединета) кон раководстворо на БРП (к), претворувајќи го во негова стална агентура. Помеѓу сите Македонци, дејци што се навоѓаа во странство, како и помеѓу тие од задграничното претставништво на ВМРО (обединена), како најмрачен и најбескруполозен тип се покажа Јордан Анастасов. По природа зборлив, тој лавираше меѓу сите и агитираше да се предаде раководството на ВМРО (обединета) на раководството на БРП (к), кое преку Васил Коларов и Владимир поп Томов имаше блиски врски со Черкски. Луѓето што се наоѓаа зад границата, кои беа врбувани од Јордан Анастасов и Владимир поп Томов за каузата на Черкски, биваа наградувани парично преку раководството на БРП (к), а сите други кои сакаа ВМРО (обединена) да има независно раководство, кое би имало само контакт со советските власти, беа клеветани и останувани без средства за живот.\nТака работеше Јордан Анастасов и на ВМРО (обединена) и’ се наложи партијното раководство на БРП (к) што го изопачи македонското револуционерно движење на политичката положба на Балканот по воените настани од 9 јуни 1923 година.\nОва цел на Черкски и потчинените му сомишленици од БРП (к) заедно со оние што ја предадоа независноста на ВМРО (обединета) на раководството на БРП (к) и на Черкски го потпомогна распаѓањето на ВМРО (обединена) и масовото враќање на Македонците емигранти од странство во Бугарија и Југославија.\nНа Јордан Анастасов му е познато кој и колку луѓе беа тие што се вратија и зошто се вратија. Оние што се вратија во Југославија (тогаш С.Х.С) станаа агенти на Жико Лазиќ, а оние што се вратија во Бугарија станаа агенти на Иван Михајлов. Сите тие што се вратија декларираа дека се откажуваат од македонска дејност. Само д-р Филип Атанасов не даде декларација но за сметка на тоа тој изброи 1 милион лева за Иван Михајловата организација.\nКривицата за распаѓањето на ВМРО (обединена), за отстранувањето на многу стари и познати дејци од нејзините редови паѓа пред се на политиката на Советска Русија по македонското прашање. Дел од кривицата носи и раководството на БРП (к), кое го претставуваше македонското дело како бугарско, неправилно осветлувајќи го пред советските луѓе вистинскиот карактер на македонската национално ослободителна борба. Токму тука, во спроведувањето на провокаторската политика против целта на македонската национално-ослободителна борба, Јордан Анастасов, заедно со сите луѓе на Черкски, што се наоѓаа во Бугарија или странство играше гнасна улога.\nКако член на задграничното претставништво на ВМРО (обединена) што се наоѓаше во Беч и Берлин, Јордан Анастасов држеше постојани врски со Мишо Шкартов во Бугарија, кој беше секретен соработник на одделението за државна сигурност при бугарската дирекција на полицијата и со Симеон Ефтимов (до неговото убиство) кој отворено беше минал во логорот на Александровата и Протогеровата ВМРО, а по убиството на Александров во 1924 година и по убиството на Протогеров во 1928 година во Иван Михајловата ВМРО.\nПреку Мишо Шкартов беа крстосани органите на бугарската државна сигурност со луѓето од задграничната ВМРО (обединена) кои како луѓе на Черкски беа провоцирани од Јордан Анастасов.\nПреку Јордан Анастасов луѓето од ВМРО (обединета) се беа крстосале со органите на државната безбедност при Дирекцијата на полицијата во Бугарија. А Мишо Шкартов во исто време и му продаваше и купуваше од Јордан Анастасов шпиунски податоци.\nМишо Шкартов преку Јордан Анастасов беше секретна врска на луѓето од задграничното претставништво на ВМРО (обединена) и на Черкски, а Јордан Анастасов преку Мишо Шкартов беше секретна врска со одделението на државната безбедност при Дирекцијата на полицијата во Бугарија.\nСписокот на времената комисија на федератистите беше доставен на Дирекцијата на државната сигурност и на Тодор Александровата и Протогеровата ВМРО, од страна на Мишо Шкартов, Јордан Анастасов и Симеон Ефтимов, а како резултат на ова сите беа групно или поединечно убиени („Револуциен лист“ бр. 9 од јануари 1933 год. зборува за улогата на Симеон Ефтимов).\nМишо Шкартов и Јордан Анастасов беа едновремено супсидирани од Черкски, од михајловистите, од полицијата и од протогеровистите.\nМитко Паликрушев, кој како михајловист беше паднал во немилост, ни расправаше за улогата што ја играле Мишо Шкартов како врска помеѓу Јордан Анастасов и со сите централи во Софија и Беч, а за овие „услуги“ од секаде добивале парични средства. Кога михајловистите разбраа дека Митко Паликрушев станал симпатизер на комунистите – Македонци, тие го испратија во Југославија со една петорка со задача да не се враќа жив во Бугарија, како што и стана. Паликрушев со потерката си загина во Кочанско при судрување со југословенските џандари.\nМишо Шкартов и Јордан Анастасов, близнаци по своите методи на шпиунирање го предадоа на михајловистите и Симеон Кавракиров член на ЦК на ВМРО (обединена) и областен секретар на Комунистичката Партија. Од заседа тој беше жив пленет од михајловистите во една од софиските улици, а по тоа михајловистите се фалеа дека фатиле голема риба – член на Ц.К. на ВМРО (обединена).\nМишо Шкартов испраќаше самоиницијативно шпиони во Југославија. Во 1934 година тој го испрати како таков во Југославија. Во 1934 година тој го испрати како таков во Кавадарци Блаже Видов, кој беше откриен од агентите на српската полиција и се врати назад во Бугарија. Тој имаше воспоставено врски и со некој од политемигрантите југословени што се враќаа од Виена за Југославија а имаа врски со Жика Лазиќ. По овој начин михајловистите се беа доближиле до органите на југословенските власти и до пооделни луѓе од раководството. Како резултат на ова дојде до убиството на редакторот на в. „Јужна Ѕвезда“, кој излегуваше во Битола до убиството на Поповиќ, Генерал Ковачевиќ во Штип, Прелиќ во Скопје а самиот Жика Лазиќ беше ранет во неговиот кабинет во Белград.\nКако што рековме, откога многу од емигрантите се вратија во Југославија и Бугарија, подоцна се врати и Јордан Анастасов, и наместо казна, тој беше назначен за началник на одделение при дирекцијата на трудот која се наоѓаше под оперативно раководство на министерот Стојчо Мушанов. Но, кога во Софија ги судеа членовите на ВМРО (обединена) во 1936 година помеѓу нив се јави како затвореник, и беше исправен божем да одговара пред судот и Јордан Анастасов. Тој си го откри своето провокаторско лице одговарајќи на поставеното прашање од обвинителот: „Вие господин Анастасов се обвинувате и затоа оти кога се вративте од странство, не се јавивте во одделението на државната безбедност, а живеевте како нелегален, за кое се разбира треба да бидете казнети. „На ова прашање тој одговори, дека не се јавил да се легитимира, оти така му било наредено од Мишо Шкартов, за да не би се издал пред персоналот од одделението на државната безбедност.\nЗа време на Втората светска војна, Јордан Анастасов пак игра провокаторска улога. Тој лично организира работни групи од Бугарија и ги испраќа во Германија за да го засилат германското воено производство.\nВо првите денови на октомври во 1944 г. Јордан Анастасов беше уапсен од органите на Дирекцијата на милицијата, но за кратко време, а по налог на некои политемигранти во Русија, членови на раководството на БРП(к), кои се беа вратиле во Бугарија, тој беше пуштен со задача да стане член на Македонскиот национален комитет на Македонците во Бугарија, член на управниот совет на Македонскиот научен институт и одговорен редактор на списанието „Македонска мисла“, орган на институтот. Се разбира дека таа задача му беше дадена на провокаторот Јордан Анастасов кој и за натаму продолжи да ја спроведува во живот големобугарската политика на раководството на БРП (к) всред Македонците во Бугарија и македонскиот народ во Пиринска Македонија.\nДенеска, Јордан Анастасов стои на информбировската линија, го развеа знамето на големобугарскиот црвен врховизам, поткрепен од предавникот на бугарските национални интереси, узурпаторот на бугарската власт В’лко Червенков.\nЕте под такви политички услови на создадена шпиунажа и контрашпиунажа стана жртва и членот на ЦК на ВМРО (обединета), Симеон Кавракиров, издаден од азевците Мишо Шкартов и Јордан Анастасов. Така се подготви голготата на Симеон Кавракиров и на другите познати на полицијата и на михајловистите македонски прогресивни дејци од ВМРО (обединета).\nКако одговор на одвлекувањето на Симеон Кавракиров, македонската емиграција протестираше, а Гевгелиското братство испрати протестна телеграма до министерот на внатрешните работи Александар Гиргинов. Собраните, во редакцијата „Македонско знаме“ околу триесет члена, отидоа кај министерот Гиргинов. Од името на сите, еден од делегатите, сега полковник Данаилов, го запраша министерот, т.е. носителот на редот, безбедноста и животот на граѓаните, за да им кажи што знае за одвлекувањето на Симеон Кавракиров, Министерот Гиргинов изјави, дека е тој готов да рескира жртви од страна на полицијата но и да ги откри посегнувачите, кои по негово мислење биле македонски револуционери, дрски во секој однос. Еден од возбудените делегати се обиде да ги откаже револуционерните квалитети на посегнувачите на Кавракирова, изјавувајќи дека тие дејствуваат под закрилата, на старата зговористичка полициска администрација која се уште не е сменета од страна на министерот. Но тој не би ја ни сменил оти народниот блок водеше иста угнетувачка политика спрема народор, како и деветојунците од демократскиот зговор кои самите се беа – оформиле како раководна партија. Еден друг делегат се обрна кон министерот Гиргинов со следните зборови: „Вие велите дека посегнувачите на Симеон Кавракиров се македонски револуционери? Дајте ми една дружина војници и во рок од 15 дена, јас сам ќе излезам на крај со нив.“\nНо работата е во тоа што со тие луѓе одат и војници, одговори министерот Гиргинов, па потоа продолжи: „Господа, оваа положба не може да остане за понатаму, на убиствата и одвлекувањата треба да им се тури крај. Владата презеде нешто за да се разбере со воените, кои ги подржуваат михајловистите, се разбира не сите, а еден дел од воените. Но бидете уверени дека во најскоро време ќе го сториме возможното“.\nКако по убиствата, така и по одвлекувањето на Симеон Кавракиров, член и секретар на солунското братство, МНК не протестираше, а како централна институција на братствата дури не презеде мерки, ако не друго а да се информира, за да ги замагли очите на членовите на братствата. Ова предизвика негодување кај емиграцијата од македонските студенти и членовите на ВМРО (обединета). Им стана јасно дека е крајно време за посмела и посистемска организирана протестна борба против убиствата и одвлекувањата. Весниците „Македонско знаме“ и „Студентски лист“ истапуваа со остри напади. Се пушти идеја за создавање на специјален акционен комитет. На некои места и се образуваа такви. Но, методот на борба преку акциони комитети се укажа како неправилен. Акционистите си беа поставиле за цел од македонските емигрантски братства да создадат некаква нова македонска братствена организација со централен акционен комитет. Мислата за образување на прогресивно движење надвор од рамките на македонските емигрантски братства се покажжа во моментот како неправилна и непрактична за масовно движење. Братствените раководства протестираа против убиствата и одвлекувањата и без акциони комитети. Акционистите спремајќи се да создадат нова форма на движење на емиграцијата, се изолираа од братствата. Како резултат на тоа акционистите се беа одделиле од емигрантските маси, кои членуваа и се наоѓаа под влијанието на идеите на македонската внатрешност и спомените на големите и крвави борби против Турците, големосрбите, големобугарите и големогрците.\nОва изолирање на акционистите од братствата дојде како резултат на влијанието што го имаше Б.Р.П. (к) на раководството на македонското прогресивно движење. Партиското раководство нареди да се образуваат акциони комитети по сите братства во провинциските градови и Софија. Раководството на Б.Р.П. (к) го оневозможи развитокот на македонската борба по македонска национална линија, го оневозможи омасовувањето на борбата. Акционите комитети се создадоа со цел да се расцепи емиграцијата и да се парализира нејзиното идеолошки влијание и растежот во духот на македонските централистички идеи.\nСе повтори старата пракса кога раководството на Б.Р.П. (к) го растури ''„Привременото претставителство“'' за да не се создаде единствено македонско масово револуционерно движење, за да не би се влијаело на македонскиот народ што живееше во трите дела на неговата распарчена татковина. Но во пракса резултатот беше како и во минатото, - повлекување на прогресивните елементи од братствата, оставувајќи ја целата маса на расположение на реакционерните елементи кои се наоѓаа под влијанието на врховизмот.\nФашизираниот Македонски национален комитет го исползува моментот кога некои лица ги напуштаа редовите на братствата и се обидоа да создадат нова емигрантска организација покажувајќи ги на полицијата акционистите како бунтовни елементи. Одделени од братствените маси, акционистите стануваа полесно плен на полицијата, која почесто ги фаќаше и разбиваше. Акционистите ја беа заборавиле старата легенда за силата на Антеја, а на раководителите од Б.Р.П. (к) им одеше во интерес да не бидат потсетувани на таа легенда.\nАкционистите, критикувани од некои македонски национал-револуционери, беа принудени да реагираат на заповедите од раководството на Б.Р.П. (к). За оваа цел беше издадена и брошурата „Целите и задачите на македонското прогресивно движење“. После подолги расправи во врска со наредбата за создавање акциони комитети, се дојде до согласие, дека линијата на борбата на македонската емиграција не може да има друга форма, освен заедничката борба со самата емигрантска маса.\nСтарите ''централисти'' кои се наоѓаа во редовите на братствата, не можеа ладнокрвно да гледаат како се пролева невина македонска крв на заблудените поткупени Македонци, кои взаимно се избиваа и ги избиваа прогресивните дејци – најбудните синови на Македонија.\nВо врска со убиството и одвлекувањето на СИмеон Кавракиров, по иницијативата на старијот централистички деец и претседателот на Солунското братство, Божин Димитров, заедно со претседателот на Охридското и Битолското братство, упати апел да се прекрати со убиствата и против одвлекувањето на Симеон Кавракиров. Колку и да беа братствата и нивните раководства под политички и идеен уплив на Македонскиот национален комитет, помеѓу нив имаше и многу чесни и напредни луѓе, кои реагираа против линијата на МНК по однос на убиствата по овој начин и идејата за образување на акциони комитети стана безпредметна.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XI._%D0%97%D0%B0%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 3689, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10103", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XIII. Зошто се вршеа политичките убиства", "text": "Противнародниот „Народен блок“. Избрканите софиски општински советници. Избраните работнички народни пратеници. Михајловистите заплашуваат. Одговорот на министерот Гиргинов. Дефиниција на нападачот. Усилбите на кругот „Звено“ да ја преземе власта. Блокадата на Софија. Зошто се дојде до 19 мај 1934 год.\nНие видовме дека почетокот и корените на политичките убиства се наоѓаа во политиката на руските потпалувачи. Тие продолжија до идењето на Фердинанд за бугарски кнез. Во овој дел ќе збориме за убиствата по време на Фердинанда. Треба да се знае дека тие не почнаа ниту од 9 јуни 1923 година, ниту од времето на септемвриските настани, ниту од убиството на Тодор Александров или од убиството на Александар Протогеров. Има луѓе кои и денеска се прашат, кој може така беззаконо да убива? Кој го организира убиството на министерот Балчев во 1893 год. и на министерот претседател на Бугарија Стефан Стамболов во 1904 год.? Кој го организира убиството на Александар Илиев во 1901 година; на Гоце Делчев во 1903 година; на Јане Сандански во 1915 година; на Стојан Георгиев во 1914 година; на Министерот Генадиев; на софискиот кмет Крум Попов; на генералите Личев и Тополџиев; на министерот Кирил Павлов. Кој го организира убиството на министерот претседател на Бугарија Александар Стамболиски; на Петрини; на Грнчаров; на Страшимиров; на В’лчо Иванов; на Димо Х. Димов; на Аговски; на Славчо Ковачев итн. итн.\nКој беше организаторот на страшните ноќи во јуни и септември 1923 година? Кој ги организира страшните априлски клања во 1925 год.? Под сенката на која мрачна сила се кријат убијците?! Не се ли наѕира интелектуалниот подбуцнувач? – инспираторот?! Покровителот не се гледа ли? Да не дејствува тој зад некоја завеса?! Кој убива и зошто убива? Овие прашања на времето преку нас ги поставуваше в. „Револуционен лист“, а ние ги поставувавме на бугарските журналисти и општествени дејци.\nИ, немајќи смелост да ни одговорат, обѕирајќи се плашливо околу себе, за да не ги чуе некој, за да имбиде „совеста спокојна“ си одговоруваа сами: - Политичките убиства кај нас?! – О тоа е тајна! Да, тоа е тајна!\nДо такво заклучение идеа сите малодушни, страшливи луѓе, кои се тресат за својот живот, влечкаши и одвратни гадови, кои немаа ниту сознание, ниту волја, ниту совест, со страв од борба, луѓе без достоинство и чест.\nЗа борец, за општественик и револуционер, не постои и не може да постои тајна. За потеклото на политичките убиства. Убиствата во Бугарија беа дело на големобугаризмот. Тие беа дело на агресивната бугарска буржоазија, која си го беше зацврстила своето крваво господство со организирана сила на полицијата и војската со која располагаше монархот. Монархот ги ориентираше убиствата спрема своите династички интереси и интересите на буржоазијата, која го крепеше неговото господство, спрема случајот и конкретните услови. Преку трговците тој ги вооружа браќата Иванови, кои го организираа Холју за да го убие Стефан Стамболоб; втор пат преку Цончев и Михајловски; трет пат преку Тодор Александров и Александар Протогеров; четврт пат преку Иван Михајлов и генерал Иван В’лков ит.н ит.н.\nНекои мислеа дека политичките убиства се почееток без крај. Но, ете и за нив имало крај. Нема почеток без крај. Народот, откако ја извојува со борба својата слобода, тури крај на убиствата. Во Бугарија кај емиграцијата и помеѓу населението од Пиринска Македонија убиствата престанаа од 9 септември 1944 година, кога народот ја урна буржоазијата и монархот, и со тоа и фашистичката власт. И тие дефинитивно ќе исчезнат и никогаш нема да се повратат, кога отечествено-фронтовската власт ќе ги извлече од економската основа корените на фашизмот, кога ќе биде уништена буржоазијата како класа и кога ќе се создаде ново демократско стопанство и нов тип на слободен граѓанин, продукт на социјализмот. Тогаш воопшто не ќе постојат сили кои ќе можат да ги вратат Македонците во Бугарија и самиот бугарски народ кон мрачните дела на минатото.\nНајголемиот дел од народот дојде до заклучение дека политичките убиства не се необјасниви, ниту пак тие имаат чуден задкулисен карактер, какви ги претставуваше бугарската интелигенција, а дека се тие дело на оѕверената буржоазија, која на монархот му даде широки возможности, за да ги задоволи своите ненаситни економски интереси. Народниот отпор беше резултат на загриженоста и стремежот да се тури крај на убиствата. Демонстрацијата пред Македонскиот национален комитет, во која учествуваа поголем број работници и прогресивни Македонци ја уплаши буржоазијата. Поради опасноста од народен бунт, звенарите први помеѓу буржоазијата извикаа: „Стига“. Тој повик во суштината си беше лажовен. Повикот „Стига“ напоменуваше дека крвопролитието го минаа границите и дека треба да се промени формата на насилството, а тоа да се остварува преку пресуди од судилиштата на авторитетниот режим, кон каков се спремаа звенарите. Тие водеа борба против дворецот. На нивните конференции тие отворено се нафрлуваа против Фердинанда кој и’ донесе на Бугарија две национални катастрофи и со тоа непосредно удираа по Бориса. Тие ја гледаа новата опасност што и’ се приближаваше на Бугарија како резултат од германската политика на дворецот. Протестувајќи против неа, барајќи ориентација кон Франција и Советскиот Сојуз. Но, во тие години не помалку им беше страв од распаѓањето и несогласијата меѓу партиите во „Народниот блок“, од недоволството што растеше и од подемот на масите, раководени од Комунистичката Партија. Ориентацијата кон народните маси за вистинска демократска власт им беше туѓа. Тие стоеја на спротивниот франкофилски лагер на фашизираната буржоазија, околу в. „Мир“, при партијата на банкарите, која важеше како франкофилска и се беше ориентирала истовремено и кон Черчиловата и Чемберленовата конзервативна Англија. Звенарите зборуваа за ориентацијата кон Советскиот Сојуз, но практично тоа беше лага, што се потврдува и со тоа што тие задоа учество во 9-јунскиот преврат, кој по својот карактер беше монархофашистички. Главниот организатор на тој монархофашистички преврат беше Дамјан Велчев. Поради таквата нивна лоша ориентација во внатрешната политика, тие се плашеа од народна власт при која народот би побарал одговорност за се. Ете зошто тие ги предупредуваа подбуцнувачите на убиствата што ги вршеа неодговорни фактори и се јавува за судските процеси против сите прогресивни луѓе, носители и борци за демократска работничка – селаниска власт. Многумина се беа заблудиле од звенарскиот повик „Стига“ и останаа неутрални при јасниот им стремеж да го наложат својот авторитатизам. Преставувајќи се како загрижени од несогласијата во лагерот на буржоазијата и поради стравот од надворешната опасност, звенарите успеа да соединат еден дел од буржоазијата и другиот дел го неутрализираа, и по тој начин тие лесно го расчистија патот за заземање на власта. Потстрекот на звенарите да ја заземат власта беше резултат на стравот од сопствените си престапи во минатото. Во основата на нивната политика лежеше главно стравот од одговорност од низа злочини во јуни и септември 1923 година и одделните убиства што ги вршеа во идните години. Звенарите го видоа подметот на масите. Блоковата власт се подели за време изборите на 21 јули 1931 година. Во новите избори, после истечувањето мандатот на блоковата власт, беше ред на една работничко – селанска власт. Селските и градските комуни што се беа појавиле го предскажуваа тоа. Стравот од една таква власт не им даваше на звенарите спокојство, им се предскажуваа плебисцити и народни судови во земјата. Поради тие причини звенарите извикуваа: „Внимавајте, конзули, оти утре Бугарија ќе биде тесна и нема да ве собере“.\nПротив таа опасност, држањето на круната беше привидно спокојно. Таа се обеспокојуваше, а политиката на звенарите уште повеќе го расклатуваше нејзиното спокојство и го расипуваше нејзиното расположение.\nОти меѓу звенарите имаше, иако бледо, расположение за ограничување прерогативите на круната, и расположение против нејзиното јасно германофилство. Круната имаше надеж во „народното социјално движење“ – што го беше организирал Цанков. Царот се подготвуваше на 19 мај 1934 година да нанесе преку Цанков удар на звенарите, но тие го предварија и го организираа 19-то-мајскиот вооружен преврат.\nИзраснал во една воено-конспиративна формација, морално поткрепен од Сојузот на резервните офицери, а материјално подржуван од поголемиот дел на буржоазијата, на чело со народнаците, кои се беа преорентирале, „Звено“ ги беше подобрил своите позиции како авторитарна сила во Бугарија, ги засили и ги привлече на своја страна протогеровистите, кои во тоа време се клатеа меѓу идеите на македонскиот централизам и бугарскиот авторитарен „звенизам“.\nНосителите на авторитатизмот ги исползуваа грешките на буржоаската коалиција – „Народен блок“, која се наоѓаше на власт. Народниот блок во своите грешки даде поттик на реакцијата, која растеше како идеја „звенизам“ и како идеја „Народно социјално движење“.\nПрвиот удар против демократијата, Народниот блок го нанесе во парламентот на 12 април 1933 година. Тоа беше истовремено и удар на самиот парламент, на парламелтарната система и пракса. Тој ден парламентарното мнозинство што го сочинуваа демократите, лебералите, социјалистите и земјоделците – од крилото на Димитар Гичев, гласаа да се избркат од парламентот работничките народни пратеници.\nЕте, сето ова беа грешки што произлегуваа од недемократските разбирања на мнозинството од Народниот блок што се наоѓаше на власт, кое по тој начин го расчисти патот за идењето на авторитатизмот на власт.\nПо прашањето за воената положба во Пиринска Македонија, што ја бранеа михајловистите, во ''Блоковата власт'' немаше единствено мислење. Министерот претседател предлагаше да се прекрати воената положба во Петричко и Ќустендилско и да воспостави мирновремена административна и судска власт. Земјоделските и либералистичките министри од министерскиот совет гласаа против тој предлог, оти воената положба во тие два округа ги штитеа михајловистите, и поради тоа што либералистичките и земјоделските министри имаа врска со михајловистите а на нив директно влијаеше круната која беше за воена положба во тие два округа, за да биде обезбедена базата за дејството на михајловистите.\nТоа беше линија на сервилност пред најсилниот државен фактор во Бугарија – круната, против која блоковата власт не умееше да ја употреби власта која другиот најсилен фактор – народот му ја беше дал за прочистување на бугарскиот политички терен од секакви други фактори и конспирации, кои го труеја негобиот живот.\nСо избркувањето на софиските општински советници и работничките народни пратеници во парламентот, министерот претседател Никола Мушанов ги зајакна позициите на авторитатизмот и откриено натури диктатура на едно движење, наречено Народен блок. Оттогаш почна да расте влијанието на кругот „Звено“ и на „Народното социјално движење“ на крволокот Цанков.\nСо постапката на 12 април 1933 година Блоковата власт од основите ги расклати темелите, на кои стоеше парламентаризмот. Прегазувањето на слободата, имунитетот на депутатите и основниот закон – Конституцијата, беше акт кој дејствуваше деморализаторски на демократската дисциплина, откривајќи ја пред блоковата власт алтернативата: да ли да се прими или не финансистичкиот метод на управување или доброволно да се даде власта на носителите на авторитатизмот. Водачите од Народниот блок не тргнаа по патот на народната слобода и заштитата на демократијата и парламентаризмот.\nВо м. октомври 1933 година Врховниот сојузен совет на резервните офицери, завршувајќи ги своите конференции донесуваа резолуции за политичката положба во земјата со кои ја товареше централната управа на сојузот на резервните офицери да ја продолжат иницијативата за создавање надпартијно претставителство од „чесни“, „компетентни“ и „волеви“ луѓе. Претседателот на Сојузот генерал Сирманов по неколку пати даде изјави во таа смисла.\nЦелта на тие изјави беше да се зацврснат илузиите кај масите од ползата што би ја имале тие од востановувањето на авторитарен режим.\nНаспроти тезата на Врховниот сојузен совет на резервните офицери, Сојузот на резервните подофицери донесе резолуција во која се вели; „Партиите биле и си остануваат ѕидари на државата. Тезата на Врховниот сојузен совет на резервните офицери за надпартијна власт од „компетентни“ и „волеви“ лица е противречна на основниот закон во земјата и носи „опасни преседани“.\nТие две по дух и политичка концепција противречни резолуции, зборуваа дека се крои нешто.\nВладата на Блоковата власт не се потресе и од ова и не презеде мерки да ја отстрани опасноста од политичкиот чекор што го направија резервните офицери.\nТогашното раководство на комунистичката Партија не ја прецени опасноста и не ги анализира изјавите на генерал Сирманов. Исто така и раководството на ВМРО (обидинета) на ова не му обрна внимание. И коминтерната дремеше на своите позиции и не зеде став по изјавите на генерал Сирманов.\nЕден лозунг „Конституцијата во опасност“, една јасна загриженост за координирана дејност на работничката и другите партии и демократските сили, едно раздвижување и разобличување би ја осветило средината на самите завереници од цанковото движење и воената капетанска конспирација, - „Звено“, кои несомниво ги носеа во свеста си заблудите на своите шефови и раководители, кои ги беа убедиле да веруваат дека авторитаризмот се наложува и дека е тоа средство за општа среќа на бугарскиот народ и неговото обединување. Една таква загриженост и разобличување на заговорниците би го соединил целиот бугарски народ за решителна борба против фашистичката опасност.\nОбидот на министерот Гиргинов, кога тој воспостави врски со воените, даде резултати. На 26 јули 1933 год. во согласие со министерот на војната, Софија беше блокирана. Од михајловистите беше земено многу оружје. Тогаш министерот Гиргинов издаде и закон против политичките убиства.\nМихајловистите го испробаа законт на Гиргинов. Тие ги натераа оние од „вртопската конспирација“ да убијат еден нивни противник. Вртопците беа организација која имаше за цел „ослободување“ на западните краишта, кои беа дадени на Југославија по силата на Версајскиот договор за мир. И таа организација беше фашистичка и му служеше на царот за провокациони цели. Но од кога вртопците го извршија убиството, полицијата на Гиргинов ги пронајде убијците и согласно законот против убиствата, во рок од три дена беа осудени на смрт и обесени двајцата. Законот спрема тоа како беше изгласан од народното собрание не предвидуваше никаква апелација или касација, фатениот убиец брзо беше осудуван и казнуван на смрт со обесување.\nМихајловистите кои се уште не веруваа, дека цар Борис ќе ги напушти, публикуваа една декларација со која даваа петнаесетдневен рок пред нив да капитулираат оние кои скривиле пред нив. Тие беа самонадејни. Нивната декларација беше фарс, дека се тие сила, која нема да капитулира во борбата против која било сила. Во декларацијата тие велеа: ''„Ние се надеваме, дека нашата декларација к’е биде добро оценета од сите оние фактори, како кружокот „Звено“, комунистите и некои од оние што се наог’аат на власт во Бугарија, кои по разни начини и со разни средства ја напаг’аат борбата против македонските организации.“''\nНа оваа декларација одговори министерот Гиргинов: „''Државната власт стои на база дека треба се тури крај на доскорашната борба што се водеше против неа со убиства. Ова треба да стане по секоја цена – независно дали некому к’е биде пријатно или не. Оружјето кое беше уперено против власта, треба да биде симнато.''''Државата има многу средства за борба. Но јас треба да ја искажам мојата радост дека од две недели наваму нема убиства, а тоа е знак дека проговори разумот на кој апелирав и во парламентот и преку печатот.''''Јас немам желба државата да војува со било кој, стига таа да си го чува престижот.''“\nДекларацијата на михајловистите и акцијата на Гиргинов, јасно зборува за појавените две сили кои војуваа помеѓу себе; едната од нив со декларацијата стратегиски отстапуваше, се мачеше со закани да го укроти возбудениот противник, кој го беше веќе овладеал јавното мислење и се готвеше за решителен чекор; а другата со тврдо определеното си гледиште да оди по патот што ги ориентираше кон францускиот систем и да ја натури волјата на „државата“ – т. е. волјата на власта.\nОд куражот на министерот Гиргинов се гледаше успехот на борбата во полза на оние, кои стоеја на државниот фронт, даден од масата од името на внатрешниот и надворешниот мир со соседите, а пред се со СССР.\nИзјавата на Гиргинов за странство за непросветната маса оставуваше впечаток дека Македонците водат борба против бугарската држава. Всушност не војуваа Македонците против бугарската држава, а господаречката класа, која по надворешната политика поделена на табори, водеше борба со државата, со средствата на круната и државната власт. Но блоковата власт не можеше да води борба против круната. Поради внатрешни разногласија блоковите министри зборуваа на два јазика, подржувајќи ја политиката на сервилност кон круната, а и политиката на измама на народот и избирачите.\nНие веќе зборуваме за групите што се наоѓаа на страната на михајловистите и протогеровистите кои се биеја помеѓу себе си. Зборувавме и за причините на таа борба на тие два лагера. Народниот блок, кој се наоѓаше на власт, не можеше да ја овладее положбата поради своите антидемократски и други политички грешки. Се гледаше дека народниот блок бега од одговорности. А над Бугарија висеше црн облак, заситен со град кој ја застрашуваше нејзината независност. Тој црн облак беше балканскиот пакт со „дефиниција на нападачот“ што беше легнала во неговите основи, а која беше изгласана од Друштвото на народите. Ова дефиниција го правдаше дипломатското мешање и војната окупација на Бугарија од подписниците на пактот, а причина за ова беше да биде дури и само еден истрел од Бугарија во која било земја што го потпишала Балканскиот пакт.\nКаква беше таа дефиниција на нападот и зошто таа толку ја засегнуваше Бугарија? Дефиницијата беше предложена од советскиот претставител во Друштвата на народите Литвинов и примена од Друштвото како општа мерка против политичките немири, и ја засегаше Бугарија како една од земјите со воинствен ревизионизам, во која се беше развил фашизмот.\nОткако Советска Русија влезе во состав на Друштвото на народите, Друштвото се заинтересува за развојот на фашизмот. На Балканот фашизмот си најде најнапред место во Бугарија. Акциите на четниците, чиј центар се наоѓаше на бугарска територија, во Друштвото на народите не се толкуваа како македонски народно-револуционерни чети, а се толкуваа како чети на големобугарскиот шовинизам, носител на тенденцијата за војна ревизија на мировните договори и амбиција на фашизмот за светска превласт, за одново распределување на светските богатства, не во името на социјална правда туку за наситување на германскиот, италијанскиот и бугарскиот буржоаски империјализам. Четниците што навлегуваа во Југославија од Бугарија, на секаде кај минуваа се служеа со крвави фашистички методи. Југословенската влада, која претендираше дека ја знае целта на бугарската четничка политика, многу пати напомнуваше, дека ако Бугарите не се во состојба да го исчистат змијското гнездо, што се наоѓаше во Петричкиот округ, тоа тогаш, таа ќе го стори тоа, само со една дивизија, која ќе навлезе во Петричкиот округ. А проф. Јорга кој подоцна беше убиен од хитлеровците, во дух на злоба и сомнение изјавуваше: „Ревизија значи војна“. Кој бара ревизија на мировните договори, тој е за војна. Не се позволуваше ревизијата. Без војна не се возможни никакви територијални промени. Преку подршката на четништвото бугарската фашистичка власт се стремеше кон внатрешно потписништво и подржување на раздорот на Балкан во полза на фашизмот. Четништвото ја зацврснуваше старата врховистичка политика на бугарската буржоазија и круната за завладување на Македонија. Но таквата политика на фашистичка Бугарија по војната ги предизвика сите балкански земји, кои го зодадоа Балканскиот пакт за да си го ревидираат ставот спрема неа. Опасноста од усложување во штета на Бугарија, го принуди Сојузот на резервните офицери во Горна Џумаја, главниот град на Пиринска Македонија, и да ги осудат мерките за воспоставување на една „компетентна“, „силна“ и „волева“ власт.\nКонгресот на резервните официри претставуваше двојна демонстрација и тоа: против неспособноста на партијните режими и против бандите на Иван Михајлов, кои ги крепеше цар Борис.\nКонгресот беше одржан на 28 октомври 1933 год. Тоа покажуваше дека Сојузот на резервните офицери се спремаше да ја растера блоковата власт и михајловистите, кои со својата работа ја доведоа Бугарија пред дефиницијата на напаѓач и ја засилуваа опасноста од окупација на Пиринска Македонија од страна на Југославија, која сметаше, дека тој дел на Македонија е направен во Бугарија од реваншизам во змијско гнездо.\nНа конгресот, резервните офицери излегоа со паролата „За народно соединување“. Генерал Сирманов, во својот говор, изјави дека сегашната положба во Бугарија е полоша од поранешната, и дека таа рискува да ја задуши економски и да го изгуби својот политички лик. Искажувајќи ги тие мисли Сирманов побара соработка од сите сили, за да и’ се даде на земјата нова надпартијна власт, која би ја зближила Бугарија со сите соседи, за да избегне надворешно мешање.\nНа 3 октомври 1933 година во гр. Лом беа нападнати Коста Тодоров и Неделко Атанасов. Тие двајца беа најпрононсираните поддржувачи на ориентацијата на Бугарија – кон француската политика. Овој напад ја потврдуваше подвоеноста на блоковиот кабинет и ја потврдуваше подвоеноста на блоковиот кабинет и неговите министри, од кои едните одејќи по линијата на германофилството, бидејќи имаа преку Иван Михајлов тесни врски со цароот, отидоа да го прободат изразитиот франкофил Коста Тодоров. Нападот на Коста Тодоров Неделко Атанасов беше исто така удар на политиката за зближување со кралска Југославија.\nОвој напад претставуваше испит за политиката на министерот Гингинов. Но ова не им пречеше на нападачите во нивната надворешно-политичка ориентација и тие продолжија да се клатат и тука и таму. Во време на Блокот лавирирањето кон Франција и Италија беше обична појава. Во исто време по свој начин лавираше и круната, но многу пометодски и во своја корист. За неа се друго беше лага. Таа константно ја подржуваше германофилската политика. Но се тоа за извесно време во разгорот на политичките убиства и околу конгресот на резервните официри, за извесно време, го изгуби влијанието кај поголемиот дел од буржоазијата и офицерите, главно кај нижите офицери, кои потекнуваа од средината на ситната буржоазија.\nУште пред да се развијат настаните, михајловистите отидоа со Александар Цанков, кој порано беше осуден од нив како интелектуален убиец на нивниот „шеф“ Тодор Александров, а го беа обвиниле дека ги помага протогеровистите. Царот не им дозволи на михајловистите да ја извршат смртната пресуда на Александар Цанков. Михајловистите минаа на страната на Цанков оти тој се откажа од својата поранешна франкофилска политика и се беше ориентирал кон Хитлер. Поради преориентацијата што ја направи Александар Цанков, протогеровистите што беа со него,ги прекинаа односите со него и отидоа со звенарите, кои беа франкофили.\nПо тие причини заедно со круната извисеа во воздухот и блоковите министри, кои имаа тесни врски со царот.\nПолзувајќи ја оваа положба, воената конспирација, така наречена капетанска формација, што ја раководеше кругот „Звено“ изврши на 19 мај 1934 година ноќен вооружен преврат и ја зазеде власта.\nВо овој преврат датира кусовечниот режим на деветнаестомајците, кој беше заменет со личниот режим на царот, озваничен со царскиот ''Манифест'' на 30 мај 1935 година.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XIII._%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B5_%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B5%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 3578, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10091", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел V. Дали македонското прашање е социјално или национално прашање", "text": "Бугарската социјал-демократска партија (тесни социјалисти), сега БРП(к), пред судот на историјата. Дуранкулашките настани во 1900 и Владајските во 1918 година. Спорови по македонското прашање во минатото и сега. Распаг’ањето на привременото раководство на ВМРО. Погрешни становишта по македонското прашање. Зацврснувањето на реваншизмот и лажниот автономизам.\nУште со оснивањето на ВМРО во 1893 година, малку подоцна, а пред Илинденското востание, во редовите на БРП(к) се водеше спор во врска со учеството на марксистите во борбата на Македонците за национално ослободување, односно тактиката, целите и средствата на самата борба. Додека мнозина партијци и безпартијни социјалисти се согласуваа со македонската национално-ослободувачка борба и го сметаа учеството на марксистите во таа борба оправдано, напротив, другите таканаречените теснаци, а под уплив на партиските раководители, не се согласуваа со неа и изјавуваа дека само класната борба и социјалната револуција ќе и донесат на Македонија слобода, и дека при создавањето на една балканска демократска република со федеративен карактер ќе се разреши и националното прашање на Балканот, вклучувајќи го тука и македонското, и дека Македонија ќе биде тогаш рамноправна политичка единица во таа балканска федерација. Та спрема тоа нема потреба да се работи на националното будење и нема нужда да се создава и подржува една револуционерна организација, и оттаму нема ни потреба во неа да учествуваат марксисти за да не би се затапувала свеста на работничката класа.\nНа прв поглед може човек да се заблуди и да поверува дека тие мисли и напаствија за научествувањето на марксистите во таа организација се верни и дека тие не се последица на секташка или догматска определба. Историските настани во Бугарија, пак, и создадените факти по македонското национално прашање одречуваат таков заклучок и докажуваат дека се баш раководителите на БРП(к) жртва на сектантизам и догматизам.\nАко се тргне од доктринарското гледиште по однос разбирањата на прашања од национален и социјален карактер, ќе се греши. Во овој случај не станува збор за неправилни заклучоци и грешки на теснаците, туку за еден нивни класичен опортунизам и за една демагогија, со која се прикриваат сите голи факти што покажуваат предавство спрема македонската национална револуција, спрема бугарската национална револуција и спрема интересите на бугарските и македонски работни маси воопшто. Се вели и се одбележува во „Работническо дело“, бр. 300 од 1948 година, дека БРП(к) по силата на едно доктринерско сфаќање не зела становиште спрема селското востание во Бугарија во 1900 година, односно против десетокот, кога војската и полицијата на владата на д-р Радославов во споразум со Фердинанда ги извршија прочуените клања во селата Трстеник, Дуранкулак и Шабла.\nПо тоа прашање, после 48 годишното молчење еве што вели Георги Димитров, лидерот на БРП(к), на петиот партиски конгрес: „Не разбирајќи ја улогата на селаните како сојузници на работничката класа во нејзината борба против капитализмот, по однос на селаните партијата стоеше не на ленинистичко, туку на плехановско становиште.“\nТаа изјава, природно, не одговара на вистината, затоа што се плехановските позиции во овој случај поставени како маска за прикривање на вистинските прилики и причини поради кои раководителите на БРП(к) не се замешаа во селското востание од 1900 година и не ги заштитија селаните. Раководителите не сакаа да им помогнат затоа што беа во таен договор односно сојуз со либералите на д-р Радославов и заедно со нив ги решаваа сите прашања од национален и социјален карактер. Тие го организираа работништвото во Бугарија по класова линија и само на теорија се покажаа како социјалисти. А на практика тие пливаа во водите на гнилиот либерализам, и по однос на македонското прашање се влечеа по опашката на бугарската буржоазија и нејзините разбирања. Само еден единствен пат лидерот Димитар Благоев при гласањето на воениот буџет, а како одговор на проф. Данаилов, беше се изразил дека е Македонија словенска земја, та како таква таа ќе треба да се остави за да си ја сама определи својата судбина.\nДека раководителите на БРП (к) беа во таен сојуз со либералите за тоа ни зборуваат фактите, одбележени во историјата на бугарскиот политички живот. Неоспорен е фактот дека тие учествуваа во војната од страна на Германците, и тоа со цел да се завладее Македонија. Низа факти ни зборуваат во тој однос и ја поставуваат БРП (к) на обвинувачки стол пред судот на истоијата поради соработка со буржоазијата.\nНајкарактерен впечаток за вероломството на раководителите на БРП (к) ни даваат владајските настани, кои ќе ги изнесеме овде онакви како се одбележени во литературата и како ни останале во свеста како современици на епохата.\nВостанието на бугарските вооружени војнички маси во 1918 година или така наречените владајски настани се одраз на Октомвриската револуција. Таа револуција укажа огромен уплив на намачените во окопи војнички маси. Кога избувна таа, сите народи моментално почувствуваа приврзаност кон рускиот народ, кој се дигна не само да го кутне царизмот и крепосниот систем, туку и да стави крај на војната. Само раководителите на БРП (к) не се воодушевија од тој подвиг на рускиот народ, а не се ни одзваа на позивот од востанатите бугарски вооружени војнички маси за да застанат на чело на револуцијата, да состават работничко-селска влада и да ги казнат виновниците за и од војната.\nБугарските вооружени војнички маси, кои се биеја на југ по разни фронтови, мобилизирани за некакви си идеали за Македонија, после меѓусојузничката војна во 1913 година беа разбрале дека тие се борат за интересите на бугарската буржоазија, која по Букурешкиот договор не беше доволна со доделените и’ извесни делови од Македонија, и дека таа го вовлече бугарскиот народ во Првата светска војна со цел да се завладее цела Македонија. Разочарни од измамата за вовлечување во војната, тие дојдоа сега да ги казнат виновниците за сите три војни – од 1912, 1913 и 1915 година. Во месец септември 1918 година се знаеше дека војниците ќе го напуштат фронтот, оти за таа цел беа издадени и позиви. Дојде време да и’ се каже на буржоазијата дека во иднина бугарскиот народ нема веќе да војува за нејзините интереси. Армијата го исполни ветеното решение и го напушти фронтот при Добро Поле. Собрана во Радомир, таа си постави за цел да влезе во Софија, да ги казни виновниците за трите војни и да ја прогласи Бугарија за република. Во истиот град таа се преустрои и за командири место царските офицери се определија фелдфебели и подофицери, синови на селските и градските трудбени маси. Едни од царските офицери беа веднаш убиени, а некои побегнаа. Армијата и воено и политички се подготви да влезе во Софија. Стамболиски, Рајко Даскалов и Георги Дамјанов, како политички лица, сами си ја предложија својата услуга и застанаа на чело на армијата за востание. Тие беа познатите водачи на БНЗС. Ги немаше. Ги немаше само лидерите на социјалдемократската партија (тесните социјалисти). Се предложи да се поканат за да би го зеле своето место како преден одред на револуционерната работничка класа во Бугарија. Стамболиски сам отиде при Димитар Благоев, и му предложи да состават работничко – селска влада. – Елате, другар Благоев, да и’ помогнете на акцијата на нашите војници, – му вели Стамболиски, во моментот кога армијата беше веќе прегрупирана. – Благоев го одби и не се согласи да земе учество во вооруженото востание. Попаднат под голем уплив на Октомвриската револуција Стамболиски се помачи со јаки аргументации да го убеди Благоева за согласие и неговата партија да учествува во бунтот.\n– Вие сте силни по градовите, а ние по селата. Ајде – му вели Стамболиски на Благоева одново – да ја помогнеме акцијата на војниците кои тргнуваат од Радомир за Софија, да ја земеме власта и да ја прогласиме Бугарија за република.\nТоа беа последните зборови на Стамболиски, кој гореше од возбуда спрема тој ладен старец, способен да помогне на востанатите војнички маси. Стоеше прав и се чудеше на олимпиското спокојство на Благоева, и тоа во моментот кога илјади бугарски срца беа пламнале од огон да дојдат во Софија и да ги казнат виновниците за сите војни и национални катастрофи. – Значи!? Откажувате?! Но знајте дека вие ќе ја сносите историската одговорност пред народната желба да се казнат предавниците – рече Стамболиски нервно и ја бутна со својата тешка рака вратата од одајата, во која беше Благоев.\nДимитар Благоев не обрна внимание на поканата. Тој го сметаше тоа како стихија која ќе помине. А Стамболиски не мислеше така како и Благоев. Тој не се откажа од намерата да ја земе власта и издаде наредба на армијата да тргне од Радомир и се задржи во Владаја, предградието на Софија. Тоа и стана. Целата буржоазија премре од страв. Фердинандовата влада и целиот двор висеа во воздух. Д-р Радославов и Фердинанд, најголемите виновници за војната, се готвеа да избегаат. Таква беше положбата и меѓу дворските, владините и уржоаски кругови по узнавањето дека една бунтовничка армија се упатува кон Софија . . .\nВо тоа време земјоделските водачи одново ги замолија тесначките лидери за помош, да учествуваат во нападот на Софија и во акцијата да се преземе власта. Но теснаците пак откажаа. Време за бавење немаше. Една војна команда побрза да ја преземе железничката линија од Софија за Ниш. Но поради губење време при преговорите со теснаците, непријателот разбра и се приготви да го пресретне ударот. Командата, кој тргна да ја пресече линијата за Ниш, ја пресретнаа јункерите, а софиските крепосни батерии и германската артилерија, кои дејствуваа коминирано ја опсипаа со крстосен огон. Еден воз кој идеше од Ќустендил, полн со ранети војници, при Гевгелискиот квартал, беше нападнат со топовски гранати и војниците беа до еден избиени. Под заштита на тој силен артилериски огон на германската артилерија, која дејствуваше комбинирано со софиската крепосна артилерија, Фердинанд и д-р Радославов се извлекоја неказнети, главно по вина на теснаците, оти тие им го улеснија бегството со отказот да учествуваат во војничката револуција, не објавувајќи железничарски штрајк.\nБез опитно раководство и при објавениот „неутралитет“ од страна на раководителите на БРП(к), тогаш тесни социјалисти, управените кон Софија бунтовници беа разбиени. Но тие не беа победени. Целата армија се разотиде по своите домови заедно со оружјето, донесено од фронт. Борбата продолжи до победата над буржоазијата. Стамболиски не се откажа од својот стремеж да ја преземе власта, а подоцна успеа и да издигне трибуна за казнување на виновниците од и за војната, кои бугарскиот народ никако не ги трпеше.\nНо се праша зошто тогаш теснаците објавија „неутралитет“? На овоа прашање ни до денес уште не е даден правилен одговор, ниту пак е фрлена светлина врз длабоките причини, кои би ни го разоткриле објективно и очевидно страшното вероломство. Тоа би могле да го направиме лесно, ако најнапред се запреме и се запознаеме во битност со пријателството меѓу луѓето на Васил Радославов и луѓето на Димитар Благоев. Тука постои една чудна трпеливост меѓу нив, која во многу личи на оние прилики и настани од 1900 година, кога теснаците останаа исто така неутрални како и за време на Првата светска војна, со што го улеснија преминувањето на Бугарија кон централните сили.\nРаспространувањето на весникот „Работничко дело“ меѓу војниците на самиот фронт беше акт со кого се гарантираше блискоста и трпеливоста меѓу Радославов и Благоев. Тесните социјалисти во врска со пријдувањето на Бугарија во Првата светска војна од страната на централните сили, а во нејзиното навечерие одржаа во софискиот театар „Нова Америка“ митинг и му дадоа збор на немскиот социјал-демократски провокатор Парвус, кој што зборуваше во полза пријдувањето на Бугарија кон централните сили. Раководителите на теснаците, како и сега, не се водеа ни од какви револуционерни принципи, оти инаку тие не ќе имаа никакво уважение од германската и руска царска чизма. Парвус го постави прашањето откриено – која чизма да се предпочите – онаа на Кајзер Вилхелм или на Николај II. Теснаците се определија за Германците. – Оттаму и близоста и трпеливоста меѓу германските агенти, каков што беше и Парвус, и луѓето на Радославов и нивните блиски соработници, како Тодор Александров и Александар Протогеров, кој беше главиот командант на крепосната артилерија при разбивањето на востанатите вооружени војнички маси во Владаја. Етем тоа е енигмата за „неутралитетот на БРП(к) во време на Владајското востание како и за подоцнежните согласувања со Тодора Александров и Александар Протогеров, потпишани од Васил Коларов и Владимир поп Томов.\nВладајското востание претставува ценен придонес на бугарската револуционерна историја, а отказот на теснаците да учествуваат во него – црна дамка на вероломство спрема интересите на работниот народ.\nТесначките раководители не сакаат да си спомнуваат за тие свои грешки, оти ќе треба да се запрат на фактот дека главниот командант на Софија тогаш беше генерал Протогеров, со кого се солидаризуваа и со својот „неутралитет“ му помогнаа да ги спаси своите госпорари, германските агенти, кои побегнаа од Бугарија. И ете, во тоа лежи силата на таа чудна логика. Ако се беа тогаш скарале со германските агенти во Бугарија, тие денес немаше да имаат во владата соработници протогеровисти, кои го колеа бугарскиот и македонскиот народ во јуни и септември 1923, 1924 и 1925 година.\nРаководителите на БРП (к) не сакаат да се потсетуваат ни за гробницата на убиените војници во возот, кои ранети идеа од фронтот, закопанипри Гевгелискиот квартал. Таа гробница смислено стои занемарена, со нарочна тенденција за да се заборави олеснението кое му го направија тие на Радославов и Фердинанда, за да побегнат, и најважно – да се заборави дека тие го осуетија торжеството на револуцијата во Бугарија, дека ги спасија од одговорност потпалувачките и раководителите на војната, виновниците за катастрофите во Бугарија и сите воени престапници во војните од 1912, 1913 и 1915 година.\nПо таков начин беа разбиени и убиени воените вооружени маси во Бугарија. Буржоазијата како класа, одговорна за војните и катастрофите на Бугарија, беше спасена. Доволни, си ги протрија рацете и оние кои и’ беа помогнале со својот „неутралитет“. Тие настани го заболеа тешко и го нажалија длабоко бугарскиот народ. Тој величественакт, кој сам претставуваше војничко вооружено востание, беше настан од епохално историско значење. Тој претставуваше и откажување на стремежот за освојување на Македонија. Оттаму и причината што долго време се коментираа крвавите владајски собитија и гробницата при Гевгелискиот квартал. Тоа го предизвика Димитар Благоев да излезе со статија во партиското списание „Ново време“, и тоа не со цел да даде критички преглед, туку да го исмее Стамболиски, кого го направи дури и луд, само за да ја прикрие својата лудост и лудоста на целиот партиски состав, како и нивното предавство спрема бугарската национална револуција.\nДенеска, партиската политика во врска со владајските настани преку устата на Георги Димитров негативно се изрази, кој во својот реферат на V конгрес на БРП (к) изјави дека позициите на партиското раководство по однос на владајските настани беле неправилни (Реферат на V партиски конгрес, в.р.д. бр. 300, од 20. XII. 1948).\n''…“ Не разбирајк’и ја улогата на селаните како сојузници на работничката класа во борбата против капитализмот, партијата не стоеше на Ленинско, туку на плехановско становиште“.'':(Реферат на V конгрес – Георги Димитров).\nОвие самопризнавања на Георги Димитров се плодоносни, ако не се лишени од добронамерност. Во нашиов случај, а нарочно после резолуцијата на Информбирото и пројавувањето на бесната шовинистичка пропаганда по однос на КПЈ и Маршал Тита, како и против раководителите на НРМ, тие самопризнавања се само празни зборови, зборови на Никола Макијавели, зборови кои не вдахнуваат вера, неразбирливи, лицемерни и ѓаволски, тие кријат во себе си генерална антимакедонска линија и неизживеан големобугаризам.\nРаководителите на БРП (к) немаат чесен однос кон антимонархистичкото и антибуржоаското движење на вооружените војнички маси, кои загинаа во Владаја и при Гевгелискиот квартал. Тие не подигнаа над таа гробница дури ни споменик, не ги уважија паднатите дури ни со еден гест, ниту нивниот спомен со било каков акт.\nА Лениновата партија го исползува војничкото раасположение во 1917 година, затоа што болшевиците живееја и се движеа по патот на револуцијата, имаа револуционерен морал и свест за дијалектика и револуционерни принципи.\nРаководителите на БРП (к) бугарската национална револуција ја предадоа на буржоазијата, која остана во народната свест под името Владајски собитија.\nТоа беше второ предавство, после првото, кога го предадоа на буржоазијата селското востание во 1900 година за време клањата во Трстеник, Дуранкулак и Шабла. По опортунистичка линија и во соработка со буржоазијата, пливајќи како реков во водите на гнилиот либерализам, тие извршија низа неопростиви грешки од револуционерно гледиште, преку кои буржоазијата оправда извесни свои престапи над бугарски и македонски револуционери.\nТоа што се заправме на тие престапи на раководителите на БРП (к) е затоа што во нивните глави уште не е избистрен идеолошкиот поим по националното прашање и по македонското прашање, и дека тие продолжуваат да стојат на големобугарските позиции, нанесувајќи удари на југословенската општност, и да ги разединуваат балканските народи во полза на империјалистичкиот размав на СССР, како и во минатото.\nДо Октомвриската револуција мнозина од социјалистите на националното прашање не гледаа како на прашање за соединување на работниците со селаните. Под поимот национално прашање односно национално движење тие разбираа буржоаски развиток и стремеж на буржоазијата да врбува шовинистички кадрови и да води борба за завладување на туѓи земји. Прашањето за асимилација на народот тие не го разбираа и не се запираа на него. Очигледно е дека едно такво разбирање беше погрешно, неболшевичко. Токму поради националниот гнет и економската експлоатација марксистот е должен да учествува во борбата за национално ослободување на национално угнетените маси, кои владеачката класа преку својот угнетувачки систем ги асимилира и експлоатира.\nПридржувајќи се на еден таков неправилен принцип за учеството на марксист во борба за национално ослободување, старите теснаци зимаа погрешен став по македонското прашање, и ги отргнуваа по можност од редовите на македонското национално ослободувачко движење и од емиграцијата на Бугарија, сите прогресивни македонски дејци и партијци, кои служеа на македонската идеа.\nМешајќи ја теоријата со практиката, стратегијата со тактиката, национално – револуционерната борба со социјал – револуционерната и не конкретизирајќи ја, теснаците ја издигнаа лозинката: „Националното ослободување иде преку социјалното“. Оваа лозинка е од големо значење за епохата, во која ќе отпаднат насилните форми за односи меѓу човештвото кога ќе се откријат перспективите за неговото спокојно и културно издигање. Кога постои национално ропство, кога има угнетени нации, подложени на асимилација, лозинката – „националното ослободување иде преку социјалното“ – е неправилна како од практичка така и од стратешка гледна точка.\nЛозинката – Националното ослободување со учество на марксисти во националната борба станува револуционерна и игра обединителна улога меѓу поробените маси.\nПри националното ропство постојат услови за конбинирано дејство меѓу национално и социјално експлоатираните и угнетени маси – нешто, кое го примени Лењин во борбата на пролетаријатот, нешто кое Гоце Делчев нај арно го приложи на дело.\nДо Октомвриската револуција старите теснаци теоризирајќи го марксизмот по развитокот и пролетаризацијата, за силата на капките од чистото изворче, беа испаднале во идеалистичка крајност и беа станале доктринери. Во денешниот смисол на ленинското разбирање по националното прашање тие не беа болшевици, тие немаа болшевичко разбирање на конбинираното дејство меѓу национално и социјално потиснатите нации и класи. Негирањето на класната борба таму, каде има економски експлоатирани и национално угнетени маси здрав разум од практично гледиште не може да го прими. Во основата на борбата за национално ослободување лежи стремежот на масите и за социјална благосостојба. Националното прашање за слободата на дадена категорија луѓе, кои пројавуваат особен психички нагон со белези на свои културни особености неможе да не се зимаат под внимание. Вистинскиот револуционер не може да не го забележи тоа и да не се замисли за определување на едно јасно становиште за оноа кое претстои и да не даде сметка за движењето на таа категорија луѓе, кои решиле да ја отфрлат тежината на една туѓа власт за својата нација, каква беше порано турската власт за нас Македонците или каква е денешната монархофашистичка власт во Грција, или пак каква је бугарската за македонскиот народ од Пиринска Македонија.\nДелчев без да се смета за марксист во светлината на ленинизмот по силата на фактите се запре на марксистичкото учење по националното прашање, та затоа и се оддаде искрено да ги привлече во редовите на ВМРО сите македонски марксисти. Не е случајно Делчев дека баш под уплив на марксизмот го разбираше светот како поле за културна соработка меѓу народите. Националното прашање е тесно поврзано со социјалното – тоа е негов неизбежен сопатник и брат. Неговото правилно разрешување има за цел да ја ублажи судбината на масите што потпаднале под еднаква учест на ропството и експлотацијата. Националното и социјално прашање не можат взаимно да се негираат, а само да се надополнуваат и да упливаат во процесот на борбата за крајно ослободување на потиснатите маси.\nВо револуционерната ситуација, непосредно после Првата светска војна, идеата дека националното ослободување иде преку социјалното, издигната еднострано и злонамерно тогаш во Бугарија – внесе смут меѓу македонските револуционери и ги расколеба идејните позиции на раководните личности од „Привремено раководство“. Со таа своја позиција, објективно речено, теснаците придонесоа многу за неговото распаѓање.\nТој погрешен став беше очигледна грешка, многу важна, судбоносна и со тешки последици, како за бугарскиот, така и за македонскиот народ воопшто, и особено за населението од Пиринска Македонија, меѓу кое реакцијата успеа да создаде своја конспиративна сила.\nРастурањето на „Привременото раководство“ беше од полза само на реваншистичките кругови во Бугарија, зашто само тие имаа интерес да замре борбата на Македонците за нивниот национално – централистички сектор, за да би можел да се истакне врховизмот, кој аспирира за ревизија на мировните договори и присоединувањето на Македонија кон Бугарија.\nПо таков начин се наруши единството на македонската национално-револуционерна борба и се даде возможност за слободно пројавување на реакцијата во Бугарија и Македонија под бугарска власт.\nДимо Хаџи Димов по наредба на партијата го напушти ''„Привременото раководство“'' и управи апел кон македонската емиграција да ги напушти редовите на братствата и да се прибере во од него основаниот „Емигрантски комунистички сојуз“, основан со согласието на партијата. Тој сојуз се формира со чисто партиска цел за да се врбуваат партиските членови од македонската средина, кои практички ќе се сливаат во партиските редови и ќе се култивираат со тесначко разбирање, одречувајќи се од револуционерно-националната подготовка на македонските маси во борбата за национално ослободување на Македонија.\nПо таков начин оние, кои веруваа во блиската слава на комунистичките идеи, се зачленија во емигрантскиот комунистички сојуз, наречен уште и „Ослободување“. А другите минаа направо во редовите на комунистичката партија (т. е.)\nПо таков начин Македонците во Бугарија беа скоро наполно оставено под уплив и расположба на реакционерните елементи во македонските братства во Бугарија. Братствата останаа да суштествуваат како самостојни колективни единици, но без прогресивни членови, на чие чело застанаа родоотстапниците како Георги Баждаров, Кирил Прличев (недостојниот син на Глигоро Прличев), проф. Милев, проф. Ѓоргов, проф. Милетиќ, Александар Протогеров и други. Тие станаа и фактори за врбување на терористички кадар. И навистина, тие најдоа затруени луѓе, со кои се послужија Тодор Александров и Александар Протогеров во борбата против прогресивните елементи од македонско потекло, против македонскиот народ од Пиринска Македонија, против македонскиот народ од Вардарска Македонија и против самата работничка класа во Бугарија и Југославија.\nЕте го предавството на оние, кои го улеснија издигањето на реваншизмот и подготвија услови за реставрирање на буржоазијата што го беше веќе изгубила светскиот господаречки уплив, благодарејќи на катастрофите од војната.\nТаа погрешна политика по однос на македонското национално прашање на социјалистичката партија ја улесни конспирацијата на Тодор Александров и Александар Протогеров, кои издигнаа меѓу македонските маси лозинката „Македонија на Македонците“ и започнаа пропаганда за востанување на старата дохуриетска ВМРО. Таа дејност на александровците и протогеровците наиде на голем одзив во душите на постраданото население кое чувствуваше страшно огорчение поради распарченоста на неговата мила татковина Македонија.\nСо демагошки постапки, поткупи и политички убиства александровците се наложија на масите во Македонија под бугарска власт и преку селани поединци во Македонија под српска власт скрпија прилично добра конспиративна мрежа за насилба и терор, која ја нарекоа ВМРО, се разбира, не за револуционерни цели и не за ослободување на Македонија, туку како конспиративна сила за реставрирање положбата на реваншистичките сили и за круната во Бугарија.\nКога се појавиа Александар и Протогеров во Петрич и околијата, за да го организираат населението тајно, партијаците побараа наредба од својот Ц.К. за да ги спречат во нивната намера. Но членот на Ц.К. другарот Христо Кабакчиев, им одговори дека партијата тесни социјалисти не се служи со индивидуален терор.\n(Неиздадени спомени на Славчо Кламбев, струмички револуционерен деец).\nТаа грешка македонските маси подоцна ја платија со тешки загуби во луѓе, поединечни и масовни убиства и уништувања од бандите на Александров и Протогеров.\nНа емигрантската база, пак, и покрај услугите на баждаровците и прличевците, Александровиот и Протогеровиот реваншизам сретна силен отпор и на 18 октомври 1920 година, на денот, кога се држеше вториот собор на братствата, тој реваншизам беше разобличен од братствената емигрантска маса, која одречувајќи им го правото на уплив, се оформи во едно постојано ''Македонско федеративно движење'', за кое ќе зборуваме во наредната глава.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_V._%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B5_%D1%81%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE_%D0%B8%D0%BB%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5", "word_count": 4018, "cyrillic": 0.999}
{"id": "10099", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел X. Управувањето на народниот блок и македонските убиства", "text": "Улогата на гевгелиското братство за време убиствата. Контактот на обединистите со протогеровистите. Спор за формата на борбата. Скршнувањето на протогеровистите. Теорија за поткрепа на послабата страна. Каква сила беа обединистите.\nЗастанувајќи на антинародна позиција, правителството на Андреј Љапчев не можеше да го завлечка слепечки бугарскиот народ по патот на туѓа воља и интереси. Народот ги разбираше длабоките причини на политичките убиства од двата лагера, исто така како што ги разбираше и тие вршени во месеците јуни и септември 1923 год.\nЦелата политика на правителството на Андреј Љапчев што произлегуваше исто така од „зговорот“, беше управена против народот и одговараше на интересите на крупните капиталисти, банкерите и експлоататорите. Управувањето на Љапчев беше продолжување на фашистичката диктатура на деветојунското правителство на „Демократическиот зговор“ на чело со крвопиецот Александар Цанков. Тоа се разликуваше со методите на Љапчев. „со кроце со благо.“ По прашањето за надворешната политика Љапчев беше од страната на Англија, која по тоа време го зема првенството од Франција во европската политика и Англија стана центар на меѓународната реакција, од каде се дирижираа провокациите и се спремаше крстоносен поход против СССР.\nНародот при изборите на 21 јуни 1931 год. ја даде својата доверба на така наречениот „Народен блок“, кој во својата предизборна агитација и платформа ветуваше да го укине законот за заштита на државата, да даде полна безусловна политичка амнестија, слобода на организациите, зборот и печатот, со еден збор, ветуваше, дека ќе ја демократизира земјата. Паѓањето на правителството на Љапчев значеше урнување на „зговорот“ и пробивање во лагерот на Фашистичката диктатура. Народот на свој начин ја сфати изборната победа на 21 јуни 1931 год. и започна на поедини места да ги брка и затвора цанковистите. Но владата на народниот блок ги зема под заштита прогонетите деветојунски убијци. Полицијата на министерот Гиргинов безмилосно го тепаше народот по собранијата. Кога, по повод акцијата за истерување на Александар Цанков од универзитетот, студентите правеа манифестации и викаа: „долу крвопиецот Цанков“, полицијата на Гиргинов се нафрли со камшици на манифестациите. Работните маси, „демократот“ Гиргинов пак ги третираше како колонијални робови. Нивните собранија беа секојпат брутално и со огон растурани. Предизборните ветувања беа изоставени и теророт беше продолжен и засилен. Убиствата помеѓу двете крила на ВМРО продолжија затоа што уште не беше завршен процесот за конечна ориентација на Бугарија по прашањето на надворешната политика. На бугарската земја започнаа да се укрстуваат двете влијанија: - тие на Францускиот систем и оние на фашизмот. Тука се арчеа и пари, давани преку италијанската легација и преку француската, кои го поддржуваа курсот за отепување.\nНародот го чекаше крајот на убиствата и политичките мешаници на туѓите влијанија.\nСето тоа означуваше дека народот е излажан од сметкаџиите, кои основале ново акционерско друштво, наречено „народен блок“ за експлоатација со помошта на власт, за сметка на старото такво, наречен „демократски зговор“, кое произлегуваше од деветојунските кругови.\nТака се објаснуваа причините, поради кои луѓето од блокот вршеа насилие над излажените маси. Се објаснуваат уште и со тоа, како да, со насилијата, блоковата власт се бендисуваше на тој, што ги раздаваше добрините, замесени со крвав квас.\nПо прашањата за надворешната политика народниот блок остана да го следи правецот на урнатиот од власт „демократски“ зговор. Народниот блок не ги направи јасни своите односи спрема соседите на Бугарија. Заради тоа и непријателствата на соседите растеа спрема неа не со денови, туку со часови.\nИ во средината на тоа непријателство кое се наголемуваше се створи балканскиот пакт, кој укажа влијание врз судбината на самиот народен блок, врз самата судба на Бугарија, која беше потонала во внатрешни противречија и убиства и која беше изгубила физиономија на правна држава.\nБАЛКАНСКИОТ ПАКТ беше сторен после АНКАРСКИОТ СПОРАЗУМ помеѓу Турција и Грција, потпишан на 14 септември 1933 г. во Анкара. Една засилена дипломатска дејност на Балканот, линиите на која беа одбележаени од победителите на Првата светска војна, против ревизионизмот; го создаде Анкарскиот споразум приготви и Балканскиот пакт, кој што се потпиша на 9 февруари 1934 г.\nОбразувањето на Балканскиот пакт беше еден почеток на заплашување на Бугарија заради несогласијата, што таа ги сееше со четничкото движење, праќање на чети во Грција, а најмногу во Југославија. Во почетокот и за времето на создавањето на тој Пакт, Бугарија се свитка. Но фашистите од Италија и хитлеровистите од Германија и’ дадоа потстрек и таа одново појде по својот стар пат. Заради тоа и министерот на внатрешните работи Никола Мушанов ги нарече договорените земји што го образуваа Балканскиот Пакт – „пактоманци“, а нивната политика – „пактоманија„. Мислењето на Мушанов беше јасно кусогледство. Но неговото кусогледство беше резултат кој произлегуваше од кусогледството на сите слични на него Бугари „дипломати“, агенти на цар Борис.\nПактоманијата на Никола Мушанов го наоѓаше своето конкретно објаснување во злочинските совети, што и’ беа давани од бившите министри на круната со кои Мушанов се советуваше за поважните прашања од надворешната политичка природа. Пактоманијата очигледно го стегнуваше обрачот околу Бугарија, кој беше направен од тие што го потпишаа Пактот. Како сите царски министри, така и тие од народниот Блок, не ја гледаа опасноста за Бугарија. Во нивната политика како битно прашање си остануваше личниот успех. И тоа беше, што ги движеше; тоа беше што ги тераше да барат врски со неодговорните фактори, со „Реалните сили“, како што се изразуваше Димитар Гичев на своите блиски партизани. Врските со неодговорните постануваа на базата на откриената груба котеријност за натурање на својата партијна волја над здружените од сопственичкото спекулативно друштво, наречено „Народен Блок“. Врските на министрите од Народниот Блок со неодговорните фактори – „Реалните сили“ – имаа таква политичка особеност, што се поврзаа, се свидеа на круната, која го одушевуваше конспиративниот дух на разни одделни конспиративни групи, кои постоеја секоја во својата одделна клопка, натокмени да разнесуваат политички смрдеж во бугарскиот општествен живот. Тој начин на допаѓање пред круната, тој начин на осигурување со круната го правеше секој бугарски министер неспособен да ги гледа во територијата на Бугарија и вон неа вистинските патишта, по кои треба да оди народот и државата.\nВрските на министрите со неодговорните фактори – „реалните сили“ – ја имаа уште и таа главна политичка особеност што се поврзаа, се определуваа кон едната (германска или кон другата (англиско-француската) ориентација за надворешната политика, станувајќи изразители на двете бугарски буржоаски групи, кои беа разделени по надворешната политика на Бугарија.\nСамо така може да се објасни поврзаноста на Димитар Гичев – министер на земјоделието – со генералот Иван Волков – министер на војната. Само така може да се објасни поврзаноста на Вергил Димов – министер на трговијата, со Иван Михајлов и министерот на судството – Врбенов со Иван Михајлов. Само така може да се објасни поврзаноста на министерот на полицијата – Гиргинов со Петро Шанднов и министерот на надворешните работи – Никола Мушанов со Иван Михајлов и т.н.\nТие министри слично на своите предодници од „Зоговорот“ ја котираа својата општествена и министерска вредност на конспиративната берза и не ја тражеа својата цена и сила во силата на народот, кој им ја даде довербата да управуваат. А не ја тражеа затоа што изневерија на неговата борба за повеќе леб, слобода и поарен живот, за повеќе социјална правда и мир.\nИ баш заради тоа и убиствата не запреа.\nНајтрагична беше положбата на министрите од земјоделскиот сојуз, кои беа последователи на Стамболиски и министри во Кабинетот на „блокот“ – Димитар Гичев, Вергил Димов, Коста Муравие и Георги Јорданов. По лизгавиот пат на опортунизмот и во сојуз со неодговорните, тие ги уриваа принципите на народната власт и демократијата и низ политичкиот кал го расипуваа моралното наследство на Стамболиски.\nТој контакт значеше упадок на боречкиот карактер на еден дел од земјоделската интелигенција која беше корумпирана до мозокот на коските и особено Гичев, Вергил Димов, кои за време на изборите за народни претставители во Горно-Ореховско, преоѓајки преку трупот на својот противник Грозјко Константинов, кои исто така во своето паѓање отидоа до таму, што се сликаа во Рилскиот манастир со целатот Иван Михајлов и неговата жена Менча – таа што го отепа честниот македонски револуционер Тодор Паница. А тие се сликаа затоа што им требаа „реални сили“, т. е. конспиратори, кои се во блиски врски со царот.\nВо средината на таа лутаница на безодговорност на политичка неправда и економско угнетување, на непријателство и одмазда која се пројавуваше во секојдневните убиства, сосема необјаснето се збркаа и некои прогресивни активности и членови на В.М.Р.О. (обединета).\nНе познавајќи ги битните причини за произходот на бандитизмот а нарочно причините на секојдневните политички убиства ЦК на В.М.Р.О. (обединета) преку својот член Симеон Кавракиров влезе во врска со протогеровистите и започна преговори за меѓусебно содејствие и за потпомагање во борбата на протогеровистите против михајловистите.\nТој контакт беше корисен за протогеровистите и тие ги засилија своите позиции на софиска база. Од тој контакт со обединистите, тие ја подигнаа пред приврзениците на францускиот политички систем својата боречка цена. Политичкото предимство од тој контакт беше тоа, што тие по тој начин добиваа кредит меѓу масите и полесно врбуваа свои терористички кадрови, потребни за борбата против михајловистите.\nНа протогеровистите многу им помогна француската дипломатија на Балканот. Тоа го натера министерот на полицијата да застане на позициите на протогеровистите, кои се засилија и прејдоа во напад. Овој пат почнаа да паѓаат видна михајловисти. Застрелан беше и Димитар Михајлов – претседателот на М.Н.К. членот на М.Н.К. – Штерјо Божинов, видниот михајловист Ване Параспуров, Атанас Михајлов, Јордан Ѓурков, Мито Гјуздана, Мане Наташев и др.\nНо и покрај променувањето на курсот, при преминувањето од италијанскиот фашизам кон францускиот систем и жртвите за зацврснувањето на италијанското влијание, француското влијание не можеше да се зацврсне.\nВо истото време, кога политичките убиства беа при полн ек, се зароди и прогресивното македонско движење. Во гевгелиското братство организира и читалиште, кое го нарекоа „Роден крај.“ Роднокрајците станаа носители на едно чисто македонско сознание. Роднокрајците започнаа да ги изучуваат македонските централистички вистини. Читалиштето помагаше за идејното ориентирање на гевгелиската емиграција. Братството подигна братски дом и разви културно-просветна работа, која ги дотеруваше до беснило членовите на М.Н.К. Во сеќавање остануваат изборните борби за раководство на братството, кои секогаш се извршуваа во присуство на луѓе од МНК и кои секогаш се касираа и извршуваа повторно, но секогаш со победа на прогресивните раководства, Во историјата на емигрантското прогресивно движење, гевгелиското братство се оформи како масовно прогресивно братство. Тоа ја спечали омразата на реакцијата и ја плати извојуваната слобода за дејност со крвта на својот добар и одан син на Македонија и член на братството Павел Поп Пандов од с. Богданци, Гевгелиско. Гевгелиците први застанаа на линијата за борба против политиката на МНК и убиствата.\nСе сподели надеж во иднината, таа во тешка борба при софиските политички услови, и тие се појавија како носители на прогресивната мисла со живиот збор, брошури, предавања, реферати, вечеринки и утрени забави. Тие ја издигнаа како знаме колективната волја, колективните решенија на организираната маса во братството. Тие ги поддржуваа само тие решенија кои беа продукт на собранието, земени во македонско дух и против производните распоредувања на луѓето од М.Н.К. и против неправилните директиви и мешања однадвор.\nТаа пракса тие ја наречуваа прогресивна. Се за масата и се со масата. Така, по тој начин се разбудуваше чисто националниот дух на масите во братствата и се спремаше отпор против политиката на МНК, која насадуваше против македонски чувства и разбирања помеѓу македонската емиграција во Бугарија, за правилното поставување на македонското прашање, кое се користеше и од задграничната централа во полза на Б.Р.П. (к).\nЦелата таа прогресивна и отворена македонска работа на гевгеличаните, ги воодушеви работниците во братствата, кои го одобрија тој пример. Како резултат од тој пример, членот на ЦК на ВМРО (обединета) Симеон Кавракиров влезе во солунското братство, стана член на братството и беше избран за секретар во управата на братството. Раководејќи се од гевгелискиот пример, во управата на кукушкото братство беше избран Христо Трајков, работнички народен представител; во велешкото Александар Мартулков, исто така работнички народен преставител; во дојранското Кирил Илиев, член на ВМРО, (обединета) ит.н.\nТоа поврзување на македонските прогресивни работници со масата од братствата го помагаше развитокот на едно силно емигрантско прогресивно движење, по сушност опозиционо на врховистичкото раководство на МНК и кое се бореше против великобугаризмот и политичките убиства. Прогресивната мисла по таа линија ги завладеа и провинцијалните братства на компактната емигрантска маса во Варна, Пловдив, Плевен и др. За развитокот на свеста и емиграцијата, за покорисно исполнување на нејзиниот борбен долг тоа приоѓање даде положителни резултати. Но одот за пошироко развирхување на борбата по чисто национална македонска и прогресивна линија во братствата се запре од погрешно дадената директива на ЦК на ВМРО (обединета). Соработката на обединистите со протогеровистите ги збуни мнозина од прогресивните работници во братствата и ги фрли во недоумение. Против создадената на ваков начин фактичка положба одозгора, се создаде реакција оздола. Мнозина од братските работници се сопротивија на соработувањето и поврзувањето на обединистите со протогеровистите. Самиот Симеон Кавракиров го прими тоа не со желба, но со наредба.\nВо меѓуцарството, во времето кога се тепаа протогеровистите со михајловистите, Симеон Кавракиров створи своја мрежа во царството на Иван Михајлов во Пиринска Македонија. Комунист по убедување и со ленинска спремност за националниот вопрос, тој го соединуваше легалниот метод на борба во братствата со конспиративните методи на работа помеѓу македонскиот народ во Пиринска Македонија, каде што секоја легална работа беше одземена и невозможна.\nПо прашањето за контактот со протогеровистите Симеон искажа надеж дека протогеровистите ќе ја примат идејата на централизмот и ќе се искажат како Македонци. За да го докаже тоа тој се запираше на нивниот весник „Слобода или смрт“, кој запре со излегувањето и на неговото место се основа „Револуционерен лист“, кој започна да пишува во македонски револуционерен централистички дух. Во сушност вистината беше друга. Променувањето на весникот и пишувањето во тој дух беше еден маневар. Тие се чувствуваа слаби со кадрови. Требаше да се измени курсот на пишувањето, за да се привлече вниманието на прогресивните сили, од каде што тие веќе започнаа најпосле да врбуваат кадар.\nТој маневар на пишувањето на централистичка линија го започнаа и михајловистите. Тие веќе престанаа да пишуваат за Тодор Лазаров. Многу малку и одвреме навреме пишуваа за Тодор Александров. А Христо Матов тие веќе го беа изоставиле. Тие се наречуваа внатрешни и постојано, макар и плашливо, зазборуваа за Делчев па дури и за Сандански, кој беше отепан од луѓето што се бореа во нивните редови.\nВо својата демагогија, михајловистите почнаа да позволуваат чисто публично револуционерни изрази, кои често беа повторувани во говорите на Васил Василев, политичкиот секретар на МНК, како тие биле револуционери и пореволуционерни и од комунистите и како да се војници против војната, како се готват да објават војна на војната. Се разбираа тие ја имаа во предвид ревизионистичката фашистичка и империјалистичка војна за превласт и прерасподелување на пљачката од Првата светска војна.\nНо тие сите заедно, со тие свои средства се најдоа во една смешна положба, поради тоа, дека делото на Делчев и огништето на централизмот се наоѓаше внатре во самата Македонија. Михајловистите како и протогеровистите стоеја на софиска основа и се изразуваа со својата мисла, со чувствата, и со разбирањата така како што се пројавуваа сите агенти на буржоазијата и на круната за македонското прашање. Тие не беа никаква боречка македонска формација и страна во своите борби, а беа родени од идеите на големобугаризмот, што ги одгледал за свои шовинистички цели.\nОбединистите беа апротивположна, конструктивна сила, врбувани од останатите живи санданисти и федератисти и од луѓе со ленински разбирања за националното прашање. Поради тоа тие наоѓаа основа за влијание и работа и во трите дела на распарчената татковина Македонија и меѓу емиграцијата во Бугарија и меѓу таа отаде океанот.\nВо врска со работата меѓу емиграцијата, тие направија грешка во контактот со протогеровистите, мислејќи, дека по тој начин ќе го забрзаат урнувањето на михајловистите. Но тоа беше едно самозалажување, кое не наоѓаше оправдание од ниедно гледиште и не можеше да биде потпомогнато со никаков мотив. Затоа што слабоста на едната или другата страна на тие што се тепаа беше во зависност од силата или слабоста на фашистичката административна власт, од потребата неа да ја заплаши другата страна. И сето тоа од настроенијата, расположенијата, и династичките интереси на царот и интересите на империјалистички настроената буржоазија спрема Македонија, која се нуркаше по него, занесувана секогаш од надворешно политичките влијанија и ефекти на големите империјалистички држави.\nСо своите врски обединистите сами се подметнаа под куршумите под михајловистите. Но тие со тоа исцело ја заангажираа и прогресивната емигрантска маса, која што не можеше да не ги заштити, како што ги заштитуваше сите жртви на фашистичкиот терор.\nПоради поврзувањето со протогеровистите беше навредено и движењето во Добруџа. Тоа беше масовно прогресивно движење. Гевгелиската емиграциа беше во врска со движењето во Добруџа. Добруџанскиот јавен работник Иван Георгиев зборуваше во Гевгелискиот дом од името на добруџанската емиграција на свечано собрание и свечано го поздрави собранието на гевгелиците, кое беше одржано во чест на паднатите борци во Гевгелиско во борбата против османлиите. И добруџанското движење плати крваво за погрешниот чекор за збижување со протогеровистите. Водачот на емигрантското движење, д-р Петар Вичев, беше доверено лице на македонскиот Азев, Мишо Шкатров, кој играше ролја на обединист и тој македонски Азев го поткажа Вичева на полицијата, ги разоткри и обединистите и добруџанците пред михајловистите.\nМихајловистите дознаа за врските на обединистите со протогеровистите. Тие врски се дознаа од нивните взаимни односи и односите во работничкиот печат. Во в. „Работнически весник“, па и во в. „Македонско знаме“, се пишуваше, дека михајловистите се банда, а протогеровистите странка. Тоа становиште за „банда“ и „странка“ беше неправилно. Во тој случај ниту протогеровистите беа странка ниту михајловистите беа странка, а и едните и другите беа банда, слично на американската Ал Капоне, со таа разлика, што таа банда од македонско потекло беше групирана под влијанието на паричните знаци отпуштени од дворот и од фашизмот за политичка цел, а за нејзино разединување на две групи. Ние веќе за тоа зборуваме и на секого му е јасно за причините на нивното меѓусобно тепање. Но тогаш по злонамерната директива од раководството на БРП (к), спроведена преку својата егантура во раководство на ВМРО (обединета), како што беа луѓето од типот на Владимир поп Томов и Јордан Анастасов, ја дадоа директивата на Симеон Кавракиров да ја поврзе обединетата со протогеровистите со цел да се истури тепањето не врз бугарските комунисти од ВМРО (обединета), кои наедно со комунистите от Б.Р.П. (к) создадоа настроение во корист на протогеровистите по сфаќање за „странка“ и „банда“. Тоа настроение и тој однос започна уште во пролетта во 1931 година. На едно предизборно работничко собрание во театарот „Ренесанс“ македонскиот прогресивен деец Александар Мартулков ги нарече михајловистите „банда“, а за протогеровистите не рече ништо лошо. Положбата стана таква, што самиот Мартулков беше во тајни врски со протогеровистите. И Христо Трајков од кукушкото братство, и Коста поп Пандов, од гевгелиското братство, и други некои прогресивни работници беа се поврзале со протогеровистите, а таа мешаница го имаше тој резултат што подоцна стана отепувањето на обединистите од страна на михајловистите.\nПо докладот на Коста поп Пандов до ЦК на протогеровистите се забрза убиството на Мино Паржолата, кој по убиството на Мито Хејзданов во софискиот бегалски гевгелиски реон, на негово место беше мандатот на Иван Михајлов и со специјална инструкција да го умири гевгелиското братство, т. е. да го стави под волјата и распоредувањата на МНК и на Иван Михајловата ВМРО.\nВо куќата на Михаил поп Кочов во гевгелискиот реон се одржуваа состаноци и стануваа разменувања на мисли како да се преземе раководството на гевгелиското братство од михајловистите. Конспиративно влезнатиот фашист Михаил поп Кочов на едно советување во неговата куќа го предаде решението на Иван Михајлов доброволно да се повлече раководството на гевгелиското братство или во против случај да се прејде преку трупот на раководството и да се преземе братството. Замешан во таа борба на страната на Иван Михајлов, Мино Паржолата бива отепан, а Михаил поп Кочов, по настојувањето на самите членови на раководството од братството, се спаси. Михаиловистите го убија и Христо Трајков.\nПортив убиството на Христо Трајков се возбунтува целата работничка класа и од сите страни на Бугарија постапуваа протести како следниот:\nПРОТЕСТ\nНа продолствените работници при НРПС плоштад “Џумаята“ град Пловдив.\nУбиици! С убиството на другаря Христо Трайков вие стрелявте во срцето на работническа класа, на работническа България!\nВие палетата од ВМРО, верни кучета на българскатабуржоазия опрскахте лицата си със свештената пролетерска крв за да могат подобре да ве опознаят българските работници, селяни и бежанци.\nПротестираме и се обрщаме към всички български работници, селяни и бежанци, да видат кои са нашите врагове тъй штедро поткреплени од всички буржоазни правителство на България, вклучитено 21- юнците-гичевци и мушановци. На край извикваме:\nДолу бандитите на ВМРО който нарниха другаря Мартулков и однеха живота на другаря Трайков.\nДолу полицайите од министерството на Народната просвета, които изгониха 26 народни учтели по сред гладна зима.\nДолу новият закон за печата!\nДолу закона за защита на државата!\nТрговски и дипломатически врски със првото пролетарско отечество СССР.\nДолу войните!\nМир и братство между народите!\nДолу българската буржоазия във лицето на народния блок, която носи смрт и глад на нас трудящите!\nЗа Христо Трајков ќе се повратиме да зборуваме во дел XII.\nТака се беа заплеткале работите во братствата поради умислено дадена линија за погрешен метод на работа, што наши прогресивни луѓе стануваа оружје на протогеровистите и ги предизвикуваа да извршуваат дури и убиства за наша сметка. Тоа беше една неприродна појава, издиктирана од надвор, заради кое прогресивните Македонци платија крваво, не неопходно за целите на нашата идеологија и борба.\nДури по преминувањето на михајловистите во акција против дејците на ВМРО (обединета), во која беа отепани Христо Трајков, Христо Хролев Графа, Божидар Митрев, Митко Сурлев, Павел поп Андонов и др. по одвлечувањето на членот од ЦК на обединетата, новото раководство на ВМРО (обединета) прејде на јасни позиции кон непријателските терористички групи. За тој однос придонесе и околноста што по тоа време во раководството на ВМРО (обединета) беа вклучени Симо Касабов, Димитар Попаџаков и Цилјо Бистрицки – луѓе политички спремни и со јасно ленинско становиште по националното прашање. Тие го поставија прашањето не за контакт со едната или другата терористичка групација, туку за масовна борба и разјаснителна работа помеѓу емиграцијата и населението во Пиринска Македонија, за полното изолирање и изобличување на тие терористички групи како слуги на бугарската империјалистичка буржоазија.\nВо ВМРО (обединета) стана јасно дека индивидуалниот терор како средство за борба против михајловистичкиот бандитизам и фашизам, кој се опираше на вооружената сила на бугарската држава не можеше да доведе до добар резултат, без создавањето на револуционерна положба во земјата – или со други зборови кажано, без поврзување со работничката партија за координирана дејност и користење на дадената револуционерна положба за едно општо вооружено народно востание за соборување господството на буржоаската клика. Вистината бара, да кажеме, дека ВМРО (обединета) по начело не се држеше за индивидуалниот терор. Но контактот со протогеровистите по линијата за едно политичко зближување доведе до подржувањето и укрепувањето на нивните терористи, оттука и потпаѓањето на некои побујни обединисти под линијата на индивидуалниот терор заедно со протогеровистите и во нивна полза.\nПрвите, кои подпаднаа под влијанието на протогеровистите беа, 17-те прогресивни младинци што побегнаа од Неврокопско, кои отидоа во внатрешност на Бугарија (Пловдив) за да бараат спас од тероро на михајловистите, кој беснееше во Пиринска Македонија. Нивната омраза против михајловистичкиот бандитизам беше толку силна, што од Пловдива веднаш беа испратени на разни места да отепуваат михајловисти.\nТука му е местото да кажеме дека и Работничката партија (к), која што исто така беше засегната од теророт на михајловистите, како што ќе видиме понатаму, го прими патот на самоодбрана не по пат, на контрагентство, со една категорија фашисти а низ масовна борба, масовни демонстрации, низ масовен отпор, собранија и објаснувачка работа за македонското прашање и за задушување на разбеснетиот терор. Но тоа беше подоцна по убивањето на секретарот на работничката партија, Пет-Напетов и други класни работници обвинети како учесници во заимните истребувања кои беа застанале од страната на протогеровистите. И намерно, ќе видиме понатаму, како „Работнички весник“ ги наречуваше протогеровистите „странка“, а михајловистите – „банда“.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_X._%D0%A3%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA_%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 3916, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7659", "title": "Нехемија (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Молитвата на Нехемија.\n<sup>1</sup>Зборовите на Нехемија, синот на Хахалија:\n„Во месецот кислев, во дваесеттата година, додека бев во престолнината Суса.<sup>2</sup>Ханани, еден од моите браќа, заедно со неколкумина други луѓе, дојде од Јуда и јас ги распрашав за остатокот од Евреите, за оние кои го преживеаја прогонството, и за Ерусалим.\n<sup>3</sup>А тие ми рекоа: ,Оние кои го преживеаја прогонството, таму во областа, живеат во голема мака и немилост. Ѕидот на Ерусалим е разурнат, а портите со оган се изгорени.’\n<sup>4</sup>Кога слушнав за овие работи, седнав да плачам и тагувам. Со денови постев и се молев пред небесниот Бог.\n<sup>5</sup>Тогаш реков:\n,О ГОСПОДИ, Боже на небесата, Боже велик и страотен, Ти Кој се држиш до заветот и љубовта со оние што Те сакаат и ги исполнуваат Твоите наредби,\n<sup>6</sup>нека внимава сега увото Твое, очите Твои нека бидат отворени, за да ја слушнеш молитвата од Твојот слуга, која ја кажувам пред Тебе ден и ноќ за народот на Израел - слугите Твои! Ги признавам гревовите на народот Израелов, признавам дека грешевме против Тебе. Дури и јас и домот на моите татковци грешевме.\n<sup>7</sup>Лошо, многу лошо се однесувавме кон Тебе. Не ги исполнувавме наредбите, указите и законите кои му ги даде на Мојсеј, слугата Твој.\n<sup>8</sup>Потсети се сега на упатството што му го даде на Мојсеј, слугата Твој: ,Неверни сте ми и Јас ќе ве распрснам меѓу народите!\n<sup>9</sup>Но вие вратете се кај Мене, потчинувајте се на Моите наредби и извршувајте ги! Дури и ако сте прогонети до крајот на небесата, и од таму ќе ве приберам и ќе ве доведам во местото кое го одбрав да биде пребивалиште на Моето име.’\n<sup>10</sup>А тие се Твои слуги, Твој народ, кој го избави со Твојата голема сила и Твојата моќна рака.\n<sup>11</sup>О Господи, нека биде внимателно сега увото Твое за молитвата на Твојот слуга, за молитвата на слугите Твои, оние кои со задоволство го почитуваат Твоето име. Дај му денеска успех на Твојот слуга, обдари го да има наклоност пред овој човек.’, а јас му бев пехарник на царот.“\n= Глава 2 =\n2 Артаксерксес го испраќа Нехемија во Ерусалим.\n<sup>1</sup>И тогаш, во месецот нисан, во дваесеттата година на царот Артаксерксес, виното беше пред него, а јас го зедов виното и му го подадов на царот. До тој момент не бев се појавувал тажен во негово присуство,\n<sup>2</sup>па царот ме праша: „Зошто ти е тажно лицето, кога не си болен? Ова не е ништо друго туку тага во срцето“.\nЈас многу се уплашив,\n<sup>3</sup>но му реков на царот: „Нека е жив царот довека. Како да не ми биде тажно лицето кога градот, местото каде што се гробовите на моите татковци, лежи во урнатини, а портите негови со оган се уништени.“\n<sup>4</sup>Царот ми рече: „Што бараш од мене?“,\nтогаш Му се помолив на небесниот Бог\n<sup>5</sup>и му одговорив на царот: „Ако му е така по волја на царот и ако слугата ваш нашол милост пред вас, испратете ме во Јудеја, во градот каде што се гробовите на моите татковци, за да го обновам.“\n<sup>6</sup>Тогаш царот, со царицата седната крај него, ме праша: „До кога ќе трае твоето патување и кога ќе се вратиш?“, па се смилува царот и ме испрати, а јас го одредив времето.\n<sup>7</sup>Покрај тоа го прашав царот: „Ако му е така угодно на царот, нека ми даде писма за управителите на областа Транс - Еуфратија, што ќе ми обезбедат безбеден премин сѐ додека стигнам во Јуда,\n<sup>8</sup>писмо за Асаф, чуварот на царските шуми, за да ми даде граѓа да направам греди за портите на тврдината околу храмот, за градскиот ѕид и за дворецот во кој јас ќе отседнам.“ И царот ги удоволи моите барања, затоа што раката Божја милостиво беше над мене.\n<sup>9</sup>Така јас тргнав кај управителите на Транс - Еуфратија и им ги дадов писмата од царот, а тој со мене беше испратил воени старешини и коњаници.\n<sup>10</sup>Кога слушнаа Хорониецот Санваллат, и Амониецот Товија, кој беше човек од власта, се вознемирија, многу се вознемирија, затоа што доаѓа некој што ќе се застапува за доброто на синовите Израелеви.\n3 Нехемија ги разгледува ѕидините на Ерусалим.\n<sup>11</sup>Јас отидов во Ерусалим и останав таму три дена.\n<sup>12</sup>Станав ноќе, јас и неколкумина со мене, и не кажав никому што мојот Бог ми беше ставил на срце да направам за Ерусалим. Немаше друг коњ со мене освен оној на кого јас јавав.\n<sup>13</sup>Излегов ноќе низ портата во долината кон Шакаловиот извор, и се упатив кон порта крај буништата. Ги разгледав разурнатите ѕидини на Еруслим и портите изгорени од оган.\n<sup>14</sup>Се упатив кон портата крај изворот и кон царското складиште за вода, но за коњот под мене немаше место каде да помине.\n<sup>15</sup>Така одев некое време низ долината ноќе и го разгледував ѕидот, па се свртев, повторно влегов низ портата во долината и се вратив назад.\n<sup>16</sup>Властите не знаеја ниту каде одев, ниту што правев, затоа што ниту на Евреите, ниту на свештениците, ниту на благородниците, ниту на властите или на некој друг што зеде учество во работата, сѐ уште ништо не им бев кажал.\n<sup>17</sup>Тогаш им реков: „Гледате на каква мака сме. Ерусалим лежи во урнатини, а неговите порти со оган се изгорени. Дојдете да го обновиме ѕидот на Ерусалим и веќе нема да бидеме во немилост!“\n<sup>18</sup>Исто така им раскажав како раката на мојот Бог беше милостиво над мене и им ги пренесов зборовите кои царот ми ги беше кажал.\nТие одговорија: „Да почнеме и да го обновиме!“ И така нивните раце ја започнаа оваа добра работа.\n<sup>19</sup>Тогаш слушнаа Хорониецот Санваллат, Амониецот Товија, кој беше човек од власта, и Арапот Гешем, па ни се потсмеваа и подбиваа. Нѐ прашаа: „Што е ова што го правите? Против царот ли ќе се бунтувате?“\n<sup>20</sup>Јас им дадов одговор и им реков: „Небесниот Бог ни даде напредок и ние, Неговите слуги, ќе почнеме со обновата. А вие немате ниту дел, ниту право, ниту пак такво право сте имале во Ерусалим.“\n= Глава 3 =\n4 Градители на ѕидините.\n<sup>1</sup>И така, првосвештеникот Елијашив и неговите пријатели, свештениците, се фатија за работа и ја обновија Овчјата порта. Ја посветија и ги наместија нејзините врати. Посветија сѐ до кулата на Стоте и до кулата на Хананел.\n<sup>2</sup>До нив градеа луѓето од Ерихон, а до нив градеше Заккур, синот на Имри.\n<sup>3</sup>Рибјата порта ја обновија синовите на Хассенаа. Ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.\n<sup>4</sup>До нив поправаше Меремот, синот на Урија, син на Хаккос, до нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, син на Мешезавел, а до нив поправаше Садок, синот на Баана.\n<sup>5</sup>До нив поправаа жителите на Текоа, но нивните благородници не подметнаа рамо да работат за својот Господ.\n<sup>6</sup>Портата на Јешана ја поправи Јојада, синот на Пасеа и Мешуллам, синот на Бесодеја. Тие ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.\n<sup>7</sup>До нив поправаше гивеонецот Мелатија и меронотиецот Јадон, луѓе од Гивеон и Миспа, места кои се под власта на управникот на Транс - Еуфратија.\n<sup>8</sup>До нив поправаше Узиел, синот на Хархаја, кои беа златари, а до него поправаше Хананија, кој произведуваше миризливи масла, и тие го обновија Ерусалим сѐ до Широката порта.\n<sup>9</sup>До нив поправаше Рефаија, синот на Хур, управител на половината од Ерусалимскиот округ.\n<sup>10</sup>До нив, спроти сопствената куќа, поправаше Једаија, синот на Харумаф, а до него поправаше Хаттуш, синот на Хашавнеја.\n<sup>11</sup>Малкија, синот на Харим, и Хашшув, синот на Пахат Моав, го поправија наредниот дел и Кулата на печките.\n<sup>12</sup>До нив поправаше Шаллум, синот на Халлохеш, управител на половината од Ерусалимскиот округ, тој и неговите ќерки.\n<sup>13</sup>Портата во долината ја поправија Ханун и жителите на Зеноа. Тие ја изѕидаа, ги поставија вратите, резињата и лостовите. Поправија и илјада лакти од ѕидот, сѐ до портата на буништата.\n<sup>14</sup>Портата на буништата ја поправи Малкија, синот на Рехав, управител на округот Бет Хаккерем. Тој ја обнови и ги постави вратите, резињата и лостовите.\n<sup>15</sup>Портата на изворот ја поправи Шаллун, синот на Кол Хозе, управителот на округот Миспа. Тој ја обнови, ѝ направи покрив, ги постави вратите, резињата и лостовите. Го поправи и ѕидот на складиштето за вода Шела, покрај царската градина, сѐ до скалите што се симнуваа од Давидовиот град.\n<sup>16</sup>После него поправаше Нехемија, синот на Азбук, управител на половината од округот Бет Зур, сѐ до горе спроти Давидовите гробници, до вештачкото складиште за вода и до Куќата на Хероите.\n<sup>17</sup>До него поправаа Левитите предводени од Рехум, синот на Бани. До него, за својот округ, поправаше Хашавија, управителот на половината од округот Кеила.\n<sup>18</sup>До него поправаа селаните предводени од Баввај, синот на Хенадад, управителот на половината од округот Кеила.\n<sup>19</sup>На страна од нив поправаше Езер, синот на Јешуа, управителот на Миспа, од нагорнината, па сѐ до оружарницата на аголот.\n<sup>20</sup>До него ревносен во поправањето беше Барух, синот на Заббај, на еден друг дел, од аголот, па сѐ до влезот во домот на првосвештеникот Елијашив.\n<sup>21</sup>До него поправаше Меремот, синот на Урија, синот на Хаккос, наредниот дел, од влезот во домот на Елијашив, па сѐ до крајот на неговиот дом.\n<sup>22</sup>До него поправаа свештениците, луѓе од околните области.\n<sup>23</sup>После нив поправаа Бенјамин и Хашшув, пред своите куќи. До нив, покрај сопствената куќа, поправаше Азарија, синот на Маасеја, синот на Ананија.\n<sup>24</sup>До нив поправаше Биннуј, синот на Хенадад, еден друг дел, од домот на Азарија па до свиокот и до аголот.\n<sup>25</sup>Палал, синот на Узија, работеше спроти аголот на кулата, која се издига од горниот царски дворец, близу до дворот на стражарите. До него беше Педаија, синот на Парош,\n<sup>26</sup>и слугите во храмот кои живееја во Офел. Тие поправаа сѐ до спроти Водната порта кон исток и кулата што се таму се издига.\n<sup>27</sup>После нив текојците го поправаа наредниот дел, од пред големата кула што се издига, па сѐ до ѕидот на Офел.\n<sup>28</sup>Над Коњската порта поправаа свештениците, секој пред својата куќа.\n<sup>29</sup>До нив поправаше Садок, синот на Иммер, спроти својата куќа, а до него поправаше Шемаија, синот на Шеханија, чуварот на Источната порта.\n<sup>30</sup>До него наредниот дел го поправаа Хананија, синот на Шелемија, и Ханун, шестиот син на Залаф. До нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, спроти соседството во кое живееше.\n<sup>31</sup>До него поправаше Малкија, син на златар, сѐ до куќата на храмските слуги и трговците, од спроти портата за проверка, па сѐ до просторот над аголот.\n<sup>32</sup>А меѓу просторот над аголот и Овчјата порта поправаа златарите и трговците.\n= Глава 4 =\n5 Спротивставување на обновата.\n<sup>1</sup>Кога слушна Санваллат дека ние го обновуваме ѕидот, многу се налути и се разгневи. Им се потсмеваше на Евреите,\n<sup>2</sup>и рече во присуство на неговите придружници и војската на Самарија: „Што прават кутрите Евреи? Ѕидот ли ќе го обноват? Жртви ли ќе принесуваат? Ќе завршат ли за еден ден? Можат ли повторно да ги оживеат изгорените камења, од купиштата шут?“\n<sup>3</sup>А Амониецот Товија, стоејќи до него, рече: „Ете, тоа што тие го градат, тој ѕид од камења, лисица по него да се искачи - ќе го сруши.“\n<sup>4</sup>Слушни нѐ Боже наш, затоа што сме презрени, и сврти го нивното подбивање на нивна глава. Предај ги да бидат плен во земја каде што ќе бидат заробеници.\n<sup>5</sup>Не покривај ја нивната вина! Гревот нивни не бриши го од пред Себе, зашто на градителите в лице навреди им сосипаа!\n<sup>6</sup>Така ние го обновивме ѕидот. Целиот ѕид достигна до половината од својата височина, затоа што луѓето работеа од сѐ срце.\n<sup>7</sup>Но кога Санваллат, Товија, Арапите, Амонијците и Ашдотците слушнаа дека поправањето на ѕидините на Ерусалим напредна и дека почнаа да се затвораат разурнатите делови, многу се разгневија.\n<sup>8</sup>Направија заговор, сите заедно да дојдат, да се борат против Ерусалим, и да му напакостат.\n<sup>9</sup>Но ние му се помоливме на нашиот Бог и заради нив поставивме стража, и дење и ноќе.\n<sup>10</sup>Тогаш Јудејците рекоа: „Работниците ги издава силата, а има премногу шут и нема да можеме да го обновиме ѕидот.“\n<sup>11</sup>Нашите непријатели исто така рекоа: „Нема ниту да дознаат, ниту да видат, кога ќе се најдеме меѓу нив и сите ќе ги убиеме. Така ќе ѝ ставиме крај на таа работа.“\n<sup>12</sup>Тогаш дојдоа Евреите кои живеат близу до нив и десетпати ни повторија: „Каде и да се свртите, ќе нѐ нападнат!“\n<sup>13</sup>Затоа зад најниските и најизложени места на ѕидот поставив луѓе, ги распоредив според нивните семејства со мечеви, копја и лакови.\n<sup>14</sup>Откако разгледав наоколу, застанав и им реков на благородниците, службениците и остатокот од народот: „Не плашете се! Господ е голем и страотен. Запамтете го тоа и борете се за своите браќа, синови и ќерки, за своите жени и домови!“\n<sup>15</sup>А кога слушнаа нашите непријатели дека знаеме за нивната намера и Бог го осуети нивниот заговор, сите повторно се вративме во обнова на ѕидот, секој на својот дел од работата.\n<sup>16</sup>Од тој ден, половината од моите луѓе работеа, додека половината беа вооружени со стрели, штитови, лакови и оклопи, а воените старешини стоеја зад целиот Јудин дом,\n<sup>17</sup>зад сите што го градеа ѕидот, што носеа граѓа и полнеа, половината од нив работејќи, а половината со оружје в рака.\n<sup>18</sup>А и оние што градеа, секој на половината имаше опашано меч и така работеше. Оној што даваше тревога со трубата одеше со мене.\n<sup>19</sup>Тогаш им реков на благородниците, службениците и на остатокот од народот: „Работата е обемна и растегната, а ние сме распрснати по ѕидините, далеку еден од друг.\n<sup>20</sup>Таму каде што ќе го слушнете звукот на трубата, таму придружете ни се. Нашиот Бог ќе се бори за нас.\n<sup>21</sup>Така работевме, половината од нас со копја в рака, од в зори, па сѐ додека не се појават ѕвездите.\n<sup>22</sup>Во тоа време им го кажав и на луѓето и ова: „Секој маж и неговиот помошник нека ноќева во Ерусалим, за да ни служи ноќе како стражар, а дење како работник.“\n<sup>23</sup>И ниту јас, ниту моите браќа, ниту моите луѓе, ниту стражата со мене, не се соблекувавме. Секој беше со своето оружје дури и кога одеше по вода.\n= Глава 5 =\n6 Нехемија им помага на сиромашните.\n<sup>1</sup>Но пропиштеа силно мажите и жените против своите еврејски браќа.\n<sup>2</sup>Имаше такви кои што велеа: „Ние, нашите синови и ќерки сме многумина. Мора да добиеме жито, за да јадеме и да останеме живи.“\n<sup>3</sup>Имаше и такви кои што велеа: „Ги заложивме нивите, лозјата и домовите, за да дојдеме до жито во времето на гладта.“\n<sup>4</sup>Имаше и такви кои што велеа: „Позајмивме пари за да го платиме царскиот данок на нашите ниви и лозја.\n<sup>5</sup>А и нашите тела се исти како телата на нашите сонародници. И нашите синови се како нивните синови. И ете, сега ние мораме нашите синови и ќерки да ги дадеме во ропство. Некои од нашите ќерки веќе се во ропство, а ние сме немоќни, затоа што нашите ниви и лозја им припаѓаат на други луѓе.“\n<sup>6</sup>Кога ја слушнав оваа пискотница и овие обвинувања, многу се налутив.\n<sup>7</sup>Откако убаво размислив, ги обвинив благородниците и службениците, и им реков: „Вие земате лихва од вашите сонародници!“ Па свикав против нив големо собрание,\n<sup>8</sup>и им реков: „Ние, колку што можевме побрзо, ги откупивме нашите браќа Евреи од паганските народи. Сега вие пак ги продавате вашите браќа, за повторно да ни ги продаваат назад!“ И тие молчеа, зашто не знаеа што да кажат.\n<sup>9</sup>Па реков: „Не е исправно тоа што го правите! Зарем не треба да чекорите во страв од нашиот Бог, и така да го избегнете потсмевањето од паганите, нашите непријатели?!\n<sup>10</sup>И јас, и моите браќа и моите луѓе сме им позајмувале пари и жито. Да го прекинеме сега ова лихварство!\n<sup>11</sup>Уште денеска да им ги вратите нивите, лозјата, маслините и куќите, и стоти дел од парите, житото, младото вино и маслото со кое ги теретите!“\n<sup>12</sup>А тие рекоа: „Ќе им ги вратиме, и ништо нема да им бараме. Како што рече, така ќе постапиме.“\nТогаш ги свикав свештениците и ги натерав за ова да дадат ветување и да се заколнат.\n<sup>13</sup>Потоа си ја истресов наметката и реков: „Вака да го истресе Бог секој човек кој нема да се држи до ова ветување од неговата куќа и неговиот имот! Нека биде истресен и празен!“ И целото собрание рече: „Амин.“\nПотоа Го славеа ГОСПОД и го исполнија ова ветување.\n<sup>14</sup>А згора на тоа, уште од денот кога бев назначен на бидам управител на земјата Јудина, од дваесеттата година, па сѐ до триесет и втората година на царот Артаксерксес, дванаесет години, јас и моите браќа не јадевме храна земена како данок за управителот.\n<sup>15</sup>Поранешните управители, оние што беа пред мене, ставија тешко бреме врз народот и земаа од нив покрај четириесетте шекели сребро уште и храна и вино, а и нивните помошници се однесуваа како господари над народот. Но јас, од почит кон Бог, не се однесував така.\n<sup>16</sup>Напротив, јас му се посветив на градењето на ѕидините. Сите мои луѓе беа таму собрани за таа работа и не се здобивме со земја.\n<sup>17</sup>На тоа згора уште сто и педесетмина Евреи, службеници и оние што доаѓаа кај нас од околните народи, се собираа на мојата трпеза.\n<sup>18</sup>Секој ден за мене се подготвуваше по еден вол, шест одбрани овци и домашни птици, а на секои десет дена имаше обилни количини вино од сите видови. Но и покрај тоа, јас не побарав данок во храна, како што бараа управителите, зашто тоа тешко би го погодило овој народ.\n<sup>19</sup>Помни ме со милост, Боже мој, заради сѐ што јас направив за овој народ.\n= Глава 6 =\n7 Понатамошно спротивставување на обновата.\n<sup>1</sup>Откако слушнаа Санваллат, Товија, Арапот Гешем и останатите наши непријатели дека јас ги обновив ѕидините и не остана на нив разурнато место, иако до тоа време не бев ги поставил вратите на портите,\n<sup>2</sup>ми ја испратија Санваллат и Гешем оваа порака: „Дојди да се сретнеме во едно од селата во рамницата Оно.“\nНо тие имаа намера да ми напакостат.\n<sup>3</sup>Затоа јас испратив гласник за да им пренесе: „Јас раководам со голем потфат и не можам да слезам долу. Зошто да се прекинува работата додека јас ја напуштам и доаѓам долу кај вас?“\n<sup>4</sup>Четири пати ми праќаа вакви пораки и јас четири пати им давав слични одговори.\n<sup>5</sup>Петтиот пат Санваллат ми го прати сопствениот слуга со слична порака и со неиспратено писмо в рака,\n<sup>6</sup>во кое пишуваше:\n„Се расшири глас меѓу народите, а и Гашму јавува дека ти, заедно со Евреите, подготвувате бунт и затоа ги обновувате ѕидините. Уште се зборува дека ќе си им станал цар.\n<sup>7</sup>Дури и пророци си назначил да разгласуваат за тебе и да велат во Ерусалим: ,Цар има во Јуда!’ Сега сето ова ќе му биде јавено на царот, затоа веднаш дојди, за да се договориме!“\n<sup>8</sup>Одговорот што му го испратив беше: „Ништо слично на тоа што го велиш не се случува, туку сѐ ти самиот си измислил.“\n<sup>9</sup>Сите тие се обидуваа да нѐ исплашат, велејќи си: „Ќе им ослабнат рацете и нема да ја завршат работата.“, затоа сега дај им сила (Боже) на рацете мои.\n<sup>10</sup>Отидов во домот на Шемаија, синот на Делаја, син на Мехетавел. Тој се беше затворил дома и ми рече: „Да се сретнеме во Божјиот дом, внатре во храмот и да ги затвориме вратите на храмот, зашто се подготвуваат да те убијат, ноќе ќе дојдат луѓе за да те убијат.“\n<sup>11</sup>Но јас реков: „Зарем човек како мене да бега!? Зарем некој како мене да оди во храмот и да си го спасува животот!? Нема да одам!“\n<sup>12</sup>И сфатив дека не го испрати Бог, туку го кажа тоа пророштво против мене затоа што го најмија Товија и Санваллат.\n<sup>13</sup>Најмен беше за јас да се исплашам, да го послушам и така да направам грев. Тоа би им послужило за да ме оговараат и да го нарушат мојот углед.\n<sup>14</sup>Спомни си Боже за Товија, за Санваллат и за овие негови постапки, за пророчицата Ноадија и останатите прорци кои се обидуваат да ме заплашат.\n8 Довршување на ѕидините.\n<sup>15</sup>Така беа завршени ѕидините на дваесет и петтиот ден од месецот Елул, за педесет и два дена.\n<sup>16</sup>Кога слушнаа сите наши непријатели и видоа сите околни народи, ја изгубија самодовербата, затоа што сфатија дека оваа работа беше направена со помош на нашиот Бог.\n<sup>17</sup>Во тие денови, многу благородници од Јуда испраќаа писма за Товија, и од Товија доаѓаа писма за нив,\n<sup>18</sup>затоа што многумина во Јуда му се беа заколнале, зашто тој му беше зет на Шеханија, синот на Арах, а неговиот син Јехоханан се ожени со ќерката на Мешуллам, синот на Берехија.\n<sup>19</sup>Дури и ми кажуваа за неговите добрите дела и потоа моите зборови му ги пренесуваа, а Товија испраќаше писма за да ме заплаши.\n= Глава 7 =<sup>1</sup>Откако беа обновени ѕидините и јас ги поставив вратите, беа назначени вратари, пејачи и Левити.\n<sup>2</sup>Го поставив над Ерусалим мојот брат Ханани, заедно со Хананија, заповедникот на крепоста, затоа што тој беше непорочен човек и повеќе се плашеше од Бог од најголемиот број луѓе.\n<sup>3</sup>Им реков: „Портите на Ерусалим не смеат да бидат отворени сѐ додека сонцето убаво не опече. Додека тие се на должност, нека ги затвораат вратите и нека ги поставуваат лостовите. Исто така назначете стражари од жителите на Ерусалим, некои на стражарски места, а некои близу до сопствените домови!“\n<sup>4</sup>Градот беше широк и простран, а луѓе во него имаше малку и куќите сѐ уште не беа обновени.\n<sup>5</sup>Затоа Бог ми стави на срце и јас ги собрав благородниците, службениците и народот за да ги попишам. Најдов запис за родословот на оние што први се вратија, и во него беше запишано:\n<sup>6</sup>Ова се луѓето од областа што доаѓаат од заробеништво и прогонство, луѓето кои ги зароби Невухаднессар, царот на Вавилон, и се вратија во Ерусалим и Јуда, секој во својот град,\n<sup>7</sup>заедно со Зерувавел, Јешуа, Нехемија, Азарија, Раамија, Нахамани, Морддахи, Билшан, Мисперет, Бигвај, Нехум, Баана,\nсписок на луѓе од Израел:\n*<sup>8</sup>наследници на Парош - 2172,\n*<sup>9</sup>на Шефатија - 372,\n*<sup>10</sup>на Арах - 652,\n*<sup>11</sup>на Пахат Моав, преку синовите на Јешуа и Јоав - 2818,\n*<sup>12</sup>на Елам - 1254,\n*<sup>13</sup>на Затту - 845,\n*<sup>14</sup>на Заккај - 760,\n*<sup>15</sup>на Биннуи - 648,\n*<sup>16</sup>на Бевај - 628,\n*<sup>17</sup>на Азгад - 2322,\n*<sup>18</sup>на Адоникам - 667,\n*<sup>19</sup>на Бигвај - 2067,\n*<sup>20</sup>на Адин - 655,\n*<sup>21</sup>на Атер, преку Хезекија - 98,\n*<sup>22</sup>на Хашум - 328,\n*<sup>23</sup>на Безај - 324,\n*<sup>24</sup>на Хариф - 112,\n*<sup>25</sup>на Гивеон - 95,\n*<sup>26</sup>луѓе од Витлеем и Нетофа - 188,\n*<sup>27</sup>од Анатот - 128,\n*<sup>28</sup>од Бет Азмавет - 42,\n*<sup>29</sup>од Киријат Јеарим, Кефира и Веерот - 743,\n*<sup>30</sup>од Рама и Гева - 621,\n*<sup>31</sup>од Михмас - 122,\n*<sup>32</sup>од Бет Ел и Аи - 123,\n*<sup>33</sup>од другиот Нево - 52,\n*<sup>34</sup>од другиот Елам - 1254,\n*<sup>35</sup>од Харим - 320,\n*<sup>36</sup>од Јерихо - 345,\n*<sup>37</sup>од Лод, Хадид и Оно - 721,\n*<sup>38</sup>од Сенаа - 3930,\n<sup>39</sup>свештеници: наследници на Једаија, преку семејството\n*на Јешуа - 973,\n*<sup>40</sup>на Иммер - 1052,\n*<sup>41</sup>на Пашхур - 1247,\n*<sup>42</sup>на Харим - 1017,\n*<sup>43</sup>Левити: наследници на Јешуа, преку Кадмиел, преку синовите на Ходева - 74,\n*<sup>44</sup>пејачи: наследници на Асаф - 148,\n*<sup>45</sup>вратари: наследници на Шаллум, Атер, Талмон, Аккув, Хатита и Шовај - 138,\n*<sup>46</sup>слуги во храмот: наследници на Сиха, Хасуфа, Таббаот,\n*<sup>47</sup>Керос, Сиа, Падон,\n*<sup>48</sup>Левана, Хагава, Шалмај,\n*<sup>49</sup>Ханан, Гиддел, Гахар,\n*<sup>50</sup>Реаија, Ресин, Некода,\n*<sup>51</sup>Газзам, Узза, Пасеах,\n*<sup>52</sup>Бесај, Меуним, Нефишесим,\n*<sup>53</sup>Бакбук, Хакуфа, Хархур,\n*<sup>54</sup>Баслит, Мехида, Харша,\n*<sup>55</sup>Баркос, Сисера, Тамах,\n*<sup>56</sup>Несијах, Хатифа,\n<sup>57</sup>наследници на Соломоновите слуги:\nнаследници на Сотај, Соферет, Перида,\n<sup>58</sup>Јаала, Даркон, Гиддел,\n<sup>59</sup>Шефатија, Хаттил, Похерет, Хассевајим, Амон,\n<sup>60</sup>вкупно слуги во храмот и наследници на Соломоновите слуги - 392.\n<sup>61</sup>А следните доаѓаат од Тел Мелах, Тел Харша, Керув, Аддон и Иммер, но не можеа да покажат дека семејствата на нивните татковци и нивните наследници потекнуваат од Израел:\n<sup>62</sup>наследници на Делаја, Товија и Некода - 642.\n<sup>63</sup>А од свештениците, наследници на Ховаја, Хаккос, Барзиллај, кој се ожени со една од ќерките на Барзиллај од Гилеад и го зеде името според својата жена.\n<sup>64</sup>Тие побараа запис за себе каде што беа заведени по семејства, но не можеа да најдат, затоа беа исклучени од свештенство како нечисти.\n<sup>65</sup>Затоа управителот им нареди да не смеат да јадат од најсветото од светите нешта, сѐ додека свештеник не послужи со Урим и Туммим.\n<sup>66</sup>Сите заедно броеја 42360,\n<sup>67</sup>не вклучувајќи ги тука нивните 7337 слуги и слугинки, и 245 пејачи и пејачки.\n<sup>68</sup>Имаа 736 коњи, 245 мазги,\n<sup>69</sup>435 камили и 6720 магариња.\n<sup>70</sup>Некои од главите на семејствата допринесоа за работата. Управникот даде во благајната 1000 драхми злато, педесет бокали и 530 свештенички наметки.\n<sup>71</sup>Некои од главите на семејствата дадоа во благајната за оваа работа 20000 драхми злато и 2200 мини сребро.\n<sup>72</sup>Останатите луѓе вкупно дадоа 20000 драхми злато, 2000 мини сребро и 67 наметки за свештениците.\n<sup>73</sup>Свештениците, Левитите, вратарите, пејачите од народот, слугите во храмот и сите Израелци се населија во своите градови.\nКога дојде седмиот месец, синовите Израелеви веќе беа во своите градови.\n= Глава 8 =\n9 Езра го чита Законот.\n<sup>1</sup>И се собра целиот народ, како еден човек, на плоштадот пред Водната порта, па му кажаа на Езра, познавач на Законот, да ја извади книгата со Мојсеевиот Закон, кој ГОСПОД му го заповеда на Израел.\n<sup>2</sup>На првиот ден од седмиот месец свештеникот Езра го донесе Законот пред насобраните мажи, жени и сите што можат да чујат и разберат.\n<sup>3</sup>Читаше од него, свртен кон плоштадот што е пред Водната Порта, од утро до пладне, во присуство на мажите, жените и сите што можеа да разберат, а вниманието на сите луѓе беше свртено кон Книгата на Законот.\n<sup>4</sup>Езра, познавач на законот, стоеше на висока дрвена подлога, која ја изградија за таа намена. До него од десно стоеја Матитија, Шема, Анаија, Урија, Хилкија и Маасеја, а од лево Педаија, Мишаел, Малкија, Хашум, Хашбаддана, Зехарија и Мешуллам.\n<sup>5</sup>Ја отвори Езра книгата пред очите на целиот народ, затоа што тој беше над сите нив, и како што ја отвори, сите станаа на нозе.\n<sup>6</sup>Го прослави Езра ГОСПОД, великиот Бог, а сите луѓе одговорија: „Амин, амин!“, кревајќи ги рацете, па се клекнаа на колена и Му се поклонија на ГОСПОД со лицата до земја.\n<sup>7</sup>А Левитите Јешуа, Бани, Шеревија, Јамин, Аккув, Шаббетај, Ходија, Маасеја, Келита, Азарја, Јозавад, Ханан и Пелаја ги поучуваа луѓето да го знаат Законот, додека тие стоеја на своите места.\n<sup>8</sup>Читаа од Книгата на Божјиот Закон и го објаснуваа, му даваа смисла на прочитаното, за луѓето да можат да го разберат.\n<sup>9</sup>Тогаш управителот Нехемија, заедно со Езра, свештеник и познавач на Законот, и Левитите кои го поучуваа народот, рече: „Овој ден е свет за ГОСПОД, вашиот Бог. Не плачете и не жалете!“, затоа што сите луѓе плачеа додека ги слушаа зборовите на Законот.\n<sup>10</sup>Па им рече: „Одете, јадете одбрана храна, пијте слатки пијалоци и испратете им оброци и на оние кои немаат ништо приготвено, зашто денеска е свет ден за нашиот Господ. Не тагувајте, зашто радоста во ГОСПОД е вашата сила.“\n<sup>11</sup>И Левитите го утешуваа сиот народ велејќи: „Молчете и не тагувајте, зашто ова е свет ден!“\n<sup>12</sup>Тогаш сите луѓе отидоа да јадат, да пијат и да испратат оброци, да слават со голема радост, затоа што ги разбраа зборовите кои им беа објаснети.\n<sup>13</sup>На вториот ден се собраа главите на семејствата од сиот народ, свештениците и Левитите околу Езра, познавач на Законот, за да им посветат внимание на зборовите на Законот.\n<sup>14</sup>Најдоа дека во Законот е запишано, и е заповедано од ГОСПОД, преку Мојсеј, дека синовите Израелеви треба да живеат во колиби во текот на празникот во седмиот месец.\n<sup>15</sup>Тоа го разгласија и раширија вест низ сите градови и во Ерусалим: „Излезете по ридиштата, донесете гранки од питоми и диви маслини, гранки од мирта, од палма и сенчести дрвја, за да направите колиби, како што е напишано!“\n<sup>16</sup>Излегоа луѓето, донесоа гранки и направија колиби секој на својот покрив, во својот двор, во дворовите на Божјиот дом, на плоштадот пред Водната Порта или на плоштадот кај Ефраимовата Порта.\n<sup>17</sup>Сите што се вратија од прогонство направија колиби и живееја во нив. Ете, уште од деновите на Јешуа, синот на Нун, сѐ до тој ден, синовите Израелеви не го беа славеле овој празник, затоа радоста беше многу голема.\n<sup>18</sup>Ден за ден читаа од Книгата на Божјиот Закон, од првиот до последниот ден, и го славеа празникот седум дена. А на осмиот ден, како што е пропишано, направија собор.\n= Глава 9 =\n10 Израелците ги исповедаат своите гревови.\n<sup>1</sup>И така, на дваесет и четвртиот ден од истиот месец се собраа синовите Израелеви со пост, со вреќишта и прав врз себе.\n<sup>2</sup>Се издвоија наследниците Израелеви од сите синови на туѓинци, застанаа и ги признаа своите гревови и лошотијата на своите татковци.\n<sup>3</sup>Четвртина од денот стоеја на своите места и читаа од Книгата на Законот на ГОСПОД, нивниот Бог, а четвртина од денот се исповедаа и го славеа ГОСПОД, нивниот Бог.\n<sup>4</sup>А на скалите стоеја Левитите Јешуа, Бани, Кадмиел, Шеванија, Буни, Шеревија, Бани, Кенани и повикуваа со силен глас кон ГОСПОД, нивниот Бог.\n<sup>5</sup>Левитите Јешуа, Кадмиел, Бани, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија, Петахија рекоа: „Станете, славете го ГОСПОД, вашиот Бог, Кој е од вечност до вечност:\n,Нека биде благословено Твоето славно име, нека се издигне над сите благослови и славопои.\n<sup>6</sup>Ти си единствениот ГОСПОДЕ. Сам си ги создал небесата, небото на небесата и сето нивно воинство, земјата и сѐ што е на неа, морињата и сѐ што е во нив. Ти на сите нив им даваш живот. Небесното мноштво Тебе ти се поклонува.\n<sup>7</sup>Ти си ГОСПОД Бог, Оној што го одбра Аврам, го доведе од Ур халдејски, и му даде име Аврахам.\n<sup>8</sup>Виде дека срцето негово Ти е верно и направи со него завет да му ја дадеш земјата на Канаанците, Хититите, Аморејците, Перизијците, Јевусијците, Гиргашијците - да им ја дадеш на неговите потомци. И го одржа своето ветување, зашто Ти си праведен.\n<sup>9</sup>Го виде страдањето на нашите татковци во Египет, и плачот нивни го слушна покај Црвеното Море,\n<sup>10</sup>па испрати знаци и чуда против фараонот, против сите негови службеници и против народот во неговата земја, зашто знаеше со каква дигноглавост постапуваа со нив. Така се прослави сѐ до денешен ден.\n<sup>11</sup>Морето го раздели пред нив и поминаа среде море по сува земја, а оние што ги прогонуваа ги фрли во длабочините како камен во моќните води.\n<sup>12</sup>Со столб од облаци ги водеше дење, со столб од оган ноќе им даваше светло на патот по кој одеа.\n<sup>13</sup>На планината Синај слезе и им проговори од небесата. Им даде правични уредби, праведни закони - укази и наредби добри.\n<sup>14</sup>Им ја откри Својата света Сабота. Наредби, укази и закони им даде преку Мојсеј, слугата Твој.\n<sup>15</sup>Леб од небесата им даде кога беа гладни и вода од карпата извади кога беа жедни. Им рече да одат и да ја запоседнат земјата за која си се заколнал дека ќе им ја дадеше.\n<sup>16</sup>Но тие, нашите татковци, станаа горделиви, тврдоглави и не се покоруваа на твоите наредби.\n<sup>17</sup>Одбија да слушаат и не си спомнуваа за чудата Твои што ги направи меѓу нив. Станаа тврдоглави и во нивната бунтовност си назначија водач за тој пак да направи од нив робови. Но Ти си Бог што простува, милостив, жалежлив, спор на гнев и преполн со љубов, и затоа не ги напушти.\n<sup>18</sup>Дури и кога си излеаја теле и рекоа: ,Ова е твојот бог, кој те изведе од Египет’, и правеа страшни богохулства,\n<sup>19</sup>Ти, заради Твојата голема милосрдност не ги напушти во пустината. Столбот од облаци што ги водеше дење на нивниот пат не им го одзеде, ниту им го одзеде столбот од оган што ноќе светеше врз нив и врз патот по кој одеа.\n<sup>20</sup>Им го даде Твојот добар Дух да ги поучува. Маната Твоја не им ја одзеде од нивните усти и вода им даваше кога беа жедни.\n<sup>21</sup>Четириесет години ги одржа во пустината. Ништо не им недостасуваше. Облеките не им изветвеа и стапалата не им отекоа.\n<sup>22</sup>Им даде царства и народи, им ги раздели сѐ до најоддалечените граници. Ја презедоа земјата Сихон, а тоа е земјата на царот Хешбон и земјата на Ог, царот на Башан.\n<sup>23</sup>Ги умножи синовите нивни како ѕвездите на небото и ги доведе во земјата за која на нивните татковци им кажуваше да влезат во неа и да ја запоседнат.\n<sup>24</sup>Влегоа синовите и ја запоседнаа земјата, а Ти ги покори пред нив жителите на Канаанската земја и ги предаде во нивни раце, нив и царевите нивни и народите од таа земја, за да прават со нив што им е по волја.\n<sup>25</sup>Освоија утврдени градови, плодна земја, запоседнаа куќи полни со секакви богатства, со веќе ископани бунари, лозја, маслини и овошки во изобилство. Јадеа, се наситија, се нахранија и уживаа во Твојата голема добрина.\n<sup>26</sup>Но тие беа непослушни и се побунија против Тебе. Твојот закон го занемарија, ги убија пророците Твои кои ги предупредуваа да се вратат кон Тебе и страшни богохулства направија.\n<sup>27</sup>Затоа Ти ги предаде во рацете на нивните непријатели и тие ги угнетуваа. Но кога беа угнетени, повикаа кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, па во Својата голема милосрдност им даде избавители и тие ги ослободија од рацете на нивните непријатели.\n<sup>28</sup>Но само што се одморија, тие повторно почнаа да прават зло пред Тебе. Тогаш Ти ги напушти и ги препушти во рацете на нивните непријатели, па тие владееја над нив. Повикаа повторно кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, и ги многу пати ги избавуваше сожалувајќи се над нив.\n<sup>29</sup>Ги предупредуваше да се вратат кон Твојот Закон, но тие станаа горделиви и не се потчинуваа на Твоите наредби, против твоите уредби грешеа, против оние кои, ако се придржува човек до нив - ќе живее. Ти свртеа грб своеглаво, станаа тврдоглави и непослушни.\n<sup>30</sup>Ти имаше трпение со нив многу години, ги предупредуваше преку Својот Дух и преку пророците, но тие не им обрнуваа внимание. Затоа ги предаде во рацете на народите од околните земји.\n<sup>31</sup>Но во Својата голема милост, не ги уништи и не ги напушти, зашто Ти си добар и милостив Бог.\n<sup>32</sup>Затоа сега Боже наш, Боже велик, моќен и страотен, Ти што го спазуваш заветот и љубовта, нека не бидат ситни во Твоите очи сите страдања што ги поминаа нашите цареви, водачи, свештеници, нашите пророци, татковци и целиот народ, од деновите на Асирскиот цар, па сѐ до денеска.\n<sup>33</sup>А во сѐ што нѐ снајде, Ти постапуваше правично и верно, а ние грешевме.\n<sup>34</sup>Нашите цареви, водачи, свештеници и татковци не се држеа до Твојот Закон и не им посветуваа внимание на Твоите наредби и предупредувања што им ги упатуваше.\n<sup>35</sup>Додека беа во своите царства, и уживаа во Твојата голема добрина, во земјата пространа и плодна што им ја даде, тие не Ти служеа, и не отстапија од своите зли патишта.\n<sup>36</sup>Ете, ние денеска сме робови! Во земјата која им ја даде на нашите претци да јадат плодови од неа и да уживаат во нејзиното богатство, ете, во неа сме робови!\n<sup>37</sup>Обилна е жетвата за царевите кои ги постави над нас, заради нашите гревови. Владеат со нашите тела и со нашиот добиток како што им е по волја, а ние сме на голема мака.\n11 Спогодба со народот.\n<sup>38</sup>Заради сево ова ние составуваме обврзувачка спогодба, ја запишуваме и на неа ставаат печат нашите водачи, Левитите и свештениците.’“\n= Глава 10 =<sup>1</sup>А печат ставија:\nуправителот Нехемија, син на Хахалија, Седекија,\n<sup>2</sup>Сераија, Азарија, Еремија,\n<sup>3</sup>Пашхур, Амарија, Малкија,\n<sup>4</sup>Хаттуш, Шеванија, Маллух,\n<sup>5</sup>Харим, Меремот, Овадија,\n<sup>6</sup>Даниел, Гиннетон, Барух,\n<sup>7</sup>Мешуллам, Авија, Мијамин,\n<sup>8</sup>Маазија, Билгај, Шемаија. Ова беа свештениците.\n<sup>9</sup>А Левитите се: Јешуа, син на Азанија, Биннуи, еден од синовите на Хенадад Кадмиел,\n<sup>10</sup>и нивните придружници Шеванија, Ходија, Келита, Пелаија, Ханан,\n<sup>11</sup>Миха, Рехов, Хашавија,\n<sup>12</sup>Заккур, Шеревија, Шеванија,\n<sup>13</sup>Ходија, Вани, Бенину.\n<sup>14</sup>Водачи на народот: Парош, Пахат, Моав, Елам, Затту, Бани,\n<sup>15</sup>Буни, Азгад, Бевај,\n<sup>16</sup>Адонија, Бигвај, Адин,\n<sup>17</sup>Атер, Хезекија, Аззур,\n<sup>18</sup>Ходија, Хашум, Бесај,\n<sup>19</sup>Хариф, Анатот, Невај,\n<sup>20</sup>Мигпиаш, Мешуллам, Хезир,\n<sup>21</sup>Мешезавел, Садок, Јаддуа,\n<sup>22</sup>Пелатија, Ханан, Анаија,\n<sup>23</sup>Хошеа, Хананија, Хашшув,\n<sup>24</sup>Халлохеш, Пилха, Шовек,\n<sup>25</sup>Рехум, Хашавна, Маасеја,\n<sup>26</sup>и Анија, Ханан, Анан,\n<sup>27</sup>Маллух, Харим, Баана.\n<sup>28</sup>А остатокот од народот, свештениците, Левитите, вратарите, пејачите, слугите во храмот и сите што се одвојуваат од другите народите заради Божјиот Закон, нивните жени, синови и ќерки, сите што знаат и разбираат,\n<sup>29</sup>се приклучија кон нивните браќа, благородниците, се обврзаа со клетва и дадоа збор да го следат Божјиот Закон, кој им беше даден преку Мојсеј, слугата Божји, внимателно да се потчинуваат на секоја наредба, правило и указ кои се од Јахве, нашиот Господ:\n<sup>30</sup><Нема да ги даваме ќерките наши на другите народи и нивните ќерки нема да ги земаме за нашите синови.\n<sup>31</sup>Кога другите народи ќе носат стока или жито да продаваат во Сабота, нема да купуваме од нив ниту во Сабота, ниту кога е свет ден. Секоја седма година ќе ја одмараме земјата и ќе го простуваме секој долг.\n<sup>32</sup>Ќе си земеме обврска, почитувајќи ги наредбите, секој од нас да дава по една третина од шекел годишно, за службата во домот на нашиот Бог,\n<sup>33</sup>за лебот што се принесува, за редовниот житен принос и за редовните жртви паленици во Сабота, на Млада Месечина, за празници, за свети жрвувања, за жртви со кои Израел се кае за направените гревови, и за сите обврски во домот на нашиот Бог.\n<sup>34</sup>Ние, свештениците, Левитите и обичните луѓе, фрливме жрепка за тоа кој кога ќе носи дрва во домот на нашиот Бог, според семејствата на нашите татковци, во определените времиња секоја година, за да горат на жртвеникот на ГОСПОД, нашиот Бог, како што е запишано во Законот.\n<sup>35</sup>Ќе ги носиме секоја година во домот ГОСПОДОВ првите плодови од нашата земја, секој прв плод од секое дрво.\n<sup>36</sup>Како што е запишано во Законот, ќе ги носиме првородените од нашите синови и нашата стока, првородените од нашите стада крупен и ситен добиток во домот на нашиот Бог, кај свештениците, оние што служат во домот на нашиот Бог.\n<sup>37</sup>На тоа згора и првото сомелено брашно, приносите од плодовите на секое дрво, младото вино и масло ќе им ги носиме на свештениците за складиштата на домот на нашиот Бог, и десеток од нашата земја за Левитите, зашто тие, Левитите го собираат десетокот од она што сме го произвеле во сите наши градови.\n<sup>38</sup>Кога Левитите ќе го примаат десетокот, мора со нив да има свештеник, наследник на Аарон. Левитите исто така мора да донесат десетти дел од десетокот во домот на нашиот Бог, за складиштата на ризницата,\n<sup>39</sup>оти Израелците, вклучувајќи ги и Левитите, мора да даваат во складиштата принос во жито, младо вино, масло, а таму се чувааат светите предмети и престојуваат свештениците, служителите, вратарите и пејачите. Нема да го занемариме домот на нашиот Бог.“\n= Глава 11 =\n12 Нови доселеници во Ерусалим.\n<sup>1</sup>Водачите на народот се населија во Ерусалим, а останатите луѓе фрлија жрепка за да изберат по еден од десемина да живее во светиот град Ерусалим, а останатите деветмина да живеат во другите градови.\n<sup>2</sup>Луѓето ги пофалија сите оние што беа доброволци да живеат во Ерусалим.\n<sup>3</sup>Ова се водачите на областите кои се населија во Ерусалим (во градовите на Јуда живееја секој на својот имот, во своите градови, Израелци, свештеници, Левити, слуги во храмот и наследници на слугите на Соломон,\n<sup>4</sup>додека во Ерусалим живееја и од потомците на Јуда и од потомците на Бенјамин), од потомците на Јуда: Атаија, син на Уззија, син на Зехарија, син на Амарија, син на Шефатија, син на Махалалел, еден од потомците на Перес,\n<sup>5</sup>и Маасеја, син на Барух, син на Кол Хозе, син на Хазарија, син на Адаија, син на Јојарив, син на Зехарија, потомок на Шилони.\n<sup>6</sup>Вкупно од потомците на Перес во Ерусалим живееја 468 храбри мажи.\n<sup>7</sup>Ова се потомците на Бенјамин: Саллу, син на Мешуллам, син на Јоед, син на Педаија, син на Колаија, син на Маасеја, син на Итиел, син на Јешаија,\n<sup>8</sup>а по нив Габбај, Саллај - 928,\n<sup>9</sup>и Јоел, син на Зихри, заповедник над нив, и Јуда, син на Хассенуа, кој беше заповедник над Втората населба од градот.\n<sup>10</sup>Од свештениците, Једаија, син на Јојарив Јахин,\n<sup>11</sup>Сераија, син на Хилкија, син на Мешуллам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитув, надзорник над домот Божји,\n<sup>12</sup>и придружниците негови, оние што ја водат работата за храмот - 822 и Адаја, син на Јерохам, син на Пелалија, син на Амси, син на Зехарија, син на Пашхур, син на Малкија,\n<sup>13</sup>и продружниците негови, глави на семејствата - 242. Амашсај, син на Азарел, син на Ахзај, син на Мешиллемот, син на Иммер,\n<sup>14</sup>и придружниците негови, храбри борци - 128. Заповедник над нив беше Завдиел, син на Хаггедолим.\n<sup>15</sup>А од Левитите: Шемаија, син на Хашшув, син на Азрикам, син на Хашавија, син на Бунни,\n<sup>16</sup>Шаббетај и Јозавад, старешини од Левитите, надзорници на надворешните работи во домот Божји.\n<sup>17</sup>Матанија, син на Миха, син на Завди, син на Асаф, кој раководеше со благодарствените молитви, Бакбакуија, втор меѓу неговите придружници, Авда, син на Шаммуа, син на Галал, син на Једутун.\n<sup>18</sup>Вкупно во светиот град имаше 284 Левити.\n<sup>19</sup>Вратари беа: Аккув, Талмон и неговите придружници, кои ги чуваа портите - 172.\n<sup>20</sup>Остатокот од Израелците, свештениците и Левитите беа во своите градови во Јуда, секој на својот имот.\n<sup>21</sup>Слугите во храмот живееја во Офел, и над нив беа поставени Сиха и Гишпа.\n<sup>22</sup>Заповедник на Левитите во Ерусалим беше Уззи, син на Бани, син на Хашавија, син на Маттанија, син на Миха. Тој е од наследниците на Асаф, кои пеат напред кога има служба на домот Божји.\n<sup>23</sup>Тие се под царска управа, и одредено е што тие секојдневно ќе работат.\n<sup>24</sup>Петахија, синот на Мешезавел, еден од потомците на Зерах, син на Јуда, му беше при рака на царот во сите односи со народот.\n<sup>25</sup>А што се однесува до селата и полињата, некои од Јудејците живееја во Киријат Арба и неговите населби, во Дивон и неговите населби, во Јекавсеел и неговите села.\n<sup>26</sup>во Јешуа, Молада, Бет Пелет,\n<sup>27</sup>во Хасар, Шуал, Беер Шева и нејзините населби,\n<sup>28</sup>во Сиклаг, Мехона и нејзините населби,\n<sup>29</sup>во Ен Риммон, Сора, Јармут,\n<sup>30</sup>Заноах, Адуллам и неговите села, Лахиш и неговите полиња, Азека и неговите населби. Така тие живееја од Беер Шева до долината Хинном.\n<sup>31</sup>Наследниците на Бенјамин живееја од Гева, Михмас и Аија, Бет Ел и неговите населби,\n<sup>32</sup>Анатот, Нов и Ананија,\n<sup>33</sup>Хасор, Рама, Гиттаим,\n<sup>34</sup>Хадид, Севоим, Неваллат,\n<sup>35</sup>Лод, Оно, Долината на Занаетчиите,\n<sup>36</sup>А некои одреди од Левитите се населија во Бенјамин.\n= Глава 12 =\n13 Свештениците и Левитите.\n<sup>1</sup>Ова се свештениците и Левитите кои се вратија заедно со Зерувавел, син на Шеалтиел, и со Јешуа: Сераија, Еремија, Езра,\n<sup>2</sup>Амариај, Маллух, Хаттуш,\n<sup>3</sup>Шеханија, Рехум, Меремот,\n<sup>4</sup>Иддо, Гинетој, Авија,\n<sup>5</sup>Мијамин, Маадија, Билга,\n<sup>6</sup>Шемаија и Јојарив, Једаија,\n<sup>7</sup>Саллу, Амок, Хилкија, Једаија, ова беа водачите на свештениците и нивните придружници во деновите на Јешуа.\n<sup>8</sup>А Левитите беа: Јешуа, Биннуи, Кадмиел, Шеревија, Јуда, Маттанија, кој ги водеше благодарствените песни, заедно со неговите придружници,\n<sup>9</sup>Бакбукија, Уни и неговите придружници, кои беа спроти нив во текот на службата,\n<sup>10</sup>Јешуа, му беше татко на Јојаким, Јојаким му беше татко на Елијашив, а Елијашив му беше татко на Јојада.\n<sup>11</sup>Јојада му беше татко на Јонатан, Јонатан му беше татко на Јаддуа.\n<sup>12</sup>Во деновите на Јојаким глави на свештеничките семејства беа: на семејството Сераија - Мераија, на Еремија - Хананија,\n<sup>13</sup>на Езра - Мешуллам, на Амарија - Јехоханан,\n<sup>14</sup>на Малух - Јонатан, на Шеванија - Јосеф,\n<sup>15</sup>на Харим - Адна, на Мерајот - Хелкај,\n<sup>16</sup>на Иддо - Зехарија, на Гиннетон - Мешуллам,\n<sup>17</sup>на Авија - Зихри, на Минјамин и Моадија - Пилтај,\n<sup>18</sup>на Билга - Шаммуа, на Шемаија - Јехонатан,\n<sup>19</sup>на Јојарив - Маттенај, на Једаија - Уззи,\n<sup>20</sup>на Саллај - Каллај, на Амок - Евер,\n<sup>21</sup>на Хилкија - Хашавија, на Једаија - Нетанеел.\n<sup>22</sup>Главите на Левитските семејства во деновите на Елијашив, Јојада,\nЈоханан и Јаддуа, како и свештениците, беа запишани во времето на владеењето на Персијанецот Дарие.\n<sup>23</sup>Потомците на Леви, главите на семејствата, беа запишани во книгата на летописите од тоа време, па сѐ до деновите на Јоханан, син на Елијашив.\n<sup>24</sup>Водачи на Левитите беа Хашавија, Шеревија и Јешуа, син на Кадмиел, заедно со нивните придружници кои стојат спроти нив, да слават и оддаваат благодарност, секој спроти своите, како што беше пропишано од Божјиот човек Давид.\n<sup>25</sup>Маттанија, Бакбукија, Овадија, Мешуллам, Талмон и Аккуб беа вратари пред портите на складиштата,\n<sup>26</sup>во деновите на Јојаким, син на Јешуа, син на Јосадак и во деновите на управникот Нехемија и Езра, свештеник и познавач на Законот.\n14 Посветување на ѕидините.\n<sup>27</sup>А кога се посветуваше ѕидот на Ерусалим, ги побараа Левитите од сите нивни живеалишта, за да ги доведат во Ерусалим, да го прославуваат посветувањето, да се радуваат и да оддаваат благодарност со музика од кимвали, харфи и лири.\n<sup>28</sup>Доведени беа и синовите на пејачите од областа околу Ерусалим и од селата на Нетофати,\n<sup>29</sup>од Бет Гилгал, од областите на Гева и Аземавет, зашто беа изградиле села за пејачите околу Ерусалим.\n<sup>30</sup>Кога се очистија свештениците и Левитите, го очистија народот и портите на ѕидините.\n<sup>31</sup>Тогаш ги качив водачите на Јуда на ѕидот и назначив два големи хора. Едниот направи поворка на десно по ѕидините кон Портата на Буништето.\n<sup>32</sup>По него одеше Хошаија и половината од водачите на Јуда,\n<sup>33</sup>заедно со Азарија, Езра и Мешуллам,\n<sup>34</sup>Јуда, Бенјамин, Шемаија и Еремија,\n<sup>35</sup>некои свештениците со труби, како и Зехарија, син на Јонатан, син на Шемаија, син на Маттанија, син на Михаија, син на Заккур, син на Асаф,\n<sup>36</sup>и нивните придружници Шемаија, Азарел, Милалај, Гилалај, Маај, Нетанеел, Јуда и Ханани, со музички инструменти од Божјиот човек Давид. Пред нив одеше Езра, познавач на Законот.\n<sup>37</sup>Пред Портата на Изворот се искачија по скалите на Давидовиот град, по угорнината на ѕидот, поминаа над куќата на Давид, сѐ до Водната порта на исток.\n<sup>38</sup>Вториот хор направи поворка кон спротивната страна и јас одев со нив, со половината од народот по горниот дел на ѕидот, покрај Портата на Печките, сѐ до Широката порта,\n<sup>39</sup>над Ефраимовата порта, над Портата на Јешана, над Рибјата порта, и кулата на Хананел, кулата на Стоте, сѐ до Овчјата порта, и застанаа кај Портата на Стражата.\n<sup>40</sup>Двата хора зазедоа место во Божјиот дом, а со нив и јас и половината од службениците со мене,\n<sup>41</sup>свештениците Елијаким, Маасеја, Мијамин, Михаија, Елоејани, Зехарија и Хананија со труби,\n<sup>42</sup>а исто и Маасеја, Шемаија, Елеазер, Уззи, Јехоханан, Малкија, Елам и Езер. Пејачите пееја под водство на Језрахија.\n<sup>43</sup>На тој ден принесоа големи жртви и се радуваа, затоа што Бог им даде радост, задоволство големо. Заедно со нив се радуваа и жените и децата. Радосните гласови од Ерусалим надалеку се слушаа.\n<sup>44</sup>Во тоа време беа назначени надзорници над складиштата од ризницата, за доброволните прилози, за првите плодови, за десетоците, кои треба да се носат во нив од полињата околу градовите, толку колку што е определено со Законот за свештениците и Левитите, затоа што Јудејците беа задоволни од свештениците и Левитите кои служеа.\n<sup>45</sup>Тие ја обавија службата на нивниот Бог, и службата за очистување, а истото го направија и пејачите и вратарите, согласно со наредбите на Давид и неговиот син Соломон.\n<sup>46</sup>Многу одамна, во деновите на Давид и Асаф, имаше раководители над пејачите на песни за слава и благодарност кон Бог.\n<sup>47</sup>Затоа сега во времето на Зерувавел и Нехемија сите Израелци издвоија придонеси за пејачите и вратарите, колку една дневница. Оставија и за Левитите, а Левитите оставија за наследниците на Аарон.\n= Глава 13 =\n15 Последните реформи на Нехемија.\n<sup>1</sup>Тој ден беше читана Мојсеевата книга, и луѓето слушаа, па се најде дека е запишано во неа Амониец или Моавец засекогаш да не смее да влезе во Божјото собрание,\n<sup>2</sup>затоа што не ги пречекаа синовите Израелеви со храна и вода, туку го најмија против нив Балаам за да ги проколне. Но нашиот Бог ја претвори таа клетва во благослов.\n<sup>3</sup>Кога го слушнаа овој закон, ги исклучија од Израел сите што имаа туѓинско потекло.\n<sup>4</sup>А пред ова, свештеникот Елијашив беше назначен да раководи со складиштата на домот на нашиот Бог. Тој му беше близок на Товија,\n<sup>5</sup>и му даде голема просторија, таму каде што порано се чуваа житните приноси, темјанот, разните предмети, десетокот од житото, младото вино и маслото кои се пропишани за Левитите, пејачите и вратарите, а истовремено се и придонес за свештениците.\n<sup>6</sup>Но додека ова се случуваше, јас не бев во Ерусалим, затоа што во триесет и втората година на Артаксерксес, царот на Вавилон, јас се вратив кај царот. По некое време го замолив царот\n<sup>7</sup>и се вратив назад во Ерусалим, па дознав за злите нешта што ги направил Елијашив, за да му обезбеди на Товија простор во дворот на Божјиот дом.\n<sup>8</sup>Тоа многу ме онерасположи, па ја исфрлив целата покуќнина од домот на Товија надвор од просторијата.\n<sup>9</sup>Наредив и ги очистија собите, па повторно ја вратив назад опремата на Божјиот дом, заедно со житниот принос и темјанот.\n<sup>10</sup>Дознав и тоа дека делот на Левитите не им бил даван, па тие се вратиле секој на своите ниви, и Левитите и пејачите кои се задолжени за службата.\n<sup>11</sup>Затоа ги прекорив оние во чии раце е власта и ги прашав: „Зошто е занемарен Бојиот дом?!“ Ги свикав заедно и ги поставив секој на неговото место.\n<sup>12</sup>Сите од Јуда донесоа десеток во жито, младо вино и масло во складиштата.\n<sup>13</sup>За раководители со складиштата ги поставив свештеникот Шелемија, Садок, познавач на Законот и Педаија од Левитите, а при рака да им биде Ханан, син на Заккур, син на Маттанија, затоа што беа сметани за чесни. Нив им беше доверено да им распоредуваат на своите браќа.\n<sup>14</sup>Спомни си за мене Боже мој заради сево ова, не бриши ги моите дела и служби што верно ги направив во домот на мојот Бог.\n<sup>15</sup>Во тоа време видов во Јуда како луѓе гмечат грозје во каца во Сабота, како донесуваат снопје товарено на магариња, винско грозје, смокви и секаков товар носат во Ерусалим во Саботен ден. А веќе ги бев предупредил да не продаваат храна на тој ден.\n<sup>16</sup>Луѓе од Тир живееја во градот и носеа риба и разни трговски стоки во Ерусалим, па продаваа во Сабота на Јудејци.\n<sup>17</sup>Тогаш јас ги прекорив благородниците на Јуда и им реков: „Што е оваа зла работа што ја правите - го сквернавите Саботниот ден!\n<sup>18</sup>Зарем не правеа исто и вашите предци, па ја донесе нашиот Бог целата оваа несреќа врз нас и врз овој град?! Сега вие повторно го потпалувате гневот против Израел, сквернавејќи ја Саботата!“\n<sup>19</sup>Затоа наредив откако ќе падне сенка врз ерусалимските порти, ден пред Сабота, вратите да се затворат и да не се отвораат сѐ додека е Сабота. Поставив свои луѓе крај портите, за да не дозволуваат да се внесува товар во Саботен ден.\n<sup>20</sup>Трговците и продавачите ја преседоа ноќта надвор од Ерусалим еднаш, двапати,\n<sup>21</sup>но јас ги предупредив и им реков: „Што дремете пред ѕидините!? Ако ве видам уште еднаш, ќе пострадате!“ Оттогаш не доаѓаа во Сабота.\n<sup>22</sup>Потоа им наредив на Левитите дека тие мора да се очистуваат самите себе и да одат да ги чуваат портите, за да се сочува света Саботата. И за ова спомни си Боже мој, и покажи милост кон мене, според Твојата голема љубов!\n<sup>23</sup>На тоа згора во тие денови видов Јудејци како се женат со Ашдотки, Амонки и Моавки.\n<sup>24</sup>Половината од нивните деца зборуваат ашдотски, или јазик на некој друг народ, и не знаат да зборуваат јудејски.\n<sup>25</sup>Затоа ги прекорив, ги проколнав, а неколку од нив претепав и им ја искубав косата, па ги натерав вака да се заколнат во Бог: „Да не ги давате своите ќерки, за нивните синови, и да не зимате од нивните ќерки за вашите синови или за вас!\n<sup>26</sup>Зарем не беше тоа причината зошто грешеше Соломон, царот на Израел? А меѓу многу народи немаше таков цар како него и беше сакан од неговиот Бог, па го направи него Бог цар над целиот Израел. Дури и него туѓинките го наведоа на грев!\n<sup>27</sup>Мора ли сега да слушаме дека и вие ги правите сите тие страшни зла, дека сте му неверни на нашиот Бог, и се жените за туѓинки.“\n<sup>28</sup>Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на хорониецот Санваллат, и го избркав од мене.\n<sup>29</sup>Спомни си за нив, Боже мој, заради тоа што ја осквернија свештеничката должност и заветот на свештенството и Левитите.\n<sup>30</sup>Потоа ги очистив од сѐ што е туѓинско, и им дадов задачи на свештениците и Левитите, на секого според неговата работа.\n<sup>31</sup>Ги средив работите и во врска со приносите во дрва, во времето што е за тоа определено, и во врска со првите плодови.\nСпомни си за мене Боже мој со милост!\n16 Забелешки", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D1%85%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 8416, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10087", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел I. Политичките убиства во Бугарија", "text": "Потекло на убиствата. Убиства за време востанијата, во градот Русе и другите градови. Убиства извршени од русофилите по подбуда на многубројните руски агенти во времето на кнез Батемберг. Настаните во Источна Румелија. Детронација на Батемберга. Силистренското востание на руските агенти.\nПолитичките убиства во Бугарија се дел од оние злочини, што ги направија рускиот империјализам, бугарската буржоазија и нејзината круна над Бугарите и над Македонците кои живеат во Бугарија и Пиринска Македонија завземена во 1913 год. како и над оние во териториите завладеани од бугарската буржоазија во 1941 год., за време германската фашистичка агресија во Бугарија и Југославија.\nВо Бугарија, конкретно, ''политичките убиства'' се одразија како историја на бунтови по детронирањето на кнез Батемберг и зацврстувањето на рускиот империјалистички уплив во Бугарија, како историја на дуранкулашките предавства, како историја на владајските настани, како историја на деветојунските и септемвриските настани во 1923 и 24 година, како историја на „Македонските меѓусебни политички интриги“, како историја на деветнаестомајските настани, како историја на актот на цар Бориса за вечно пријателство со Југославија и убиството на крал Александар, како историја на настаните по зацврстувањето на германскиот уплив во Бугарија и нејзиното влегување во Тројниот пакт, како историја на удушувањето на противгерманското движење во Бугарија и Балканскиот Полуостров и како историја на протерувањето на Германците од Балканот и од Бугарија, како и победата на народот над фашизмот, која што се извојува со помошта на Црвената армија.\nПолитичките убиства во Бугарија ги откриваат целите на буржоазијата, која се стремеше преку тоа да го зацврсти своето господство.\nДаваме опис на убиствата во Бугарија во општи црти, што станаа по вина на рускиот империјализам, кој се обидуваше и настојуваше од Бугарија да создаде една своја заддунавска губернија, задржувајќи се поконкретно на убиствата на таканаречените „''македонски несогласија''“ во Бугарија, кои се одвиваа во знак на зацврстување на фашизмот во Бугарија и на Балканскиот Полуостров. „Македонските несогласија“ имаат особена важност за меѓународната империјалистичка политика на победителите во Првата светска војна како и за политиката на победените империјалистички држави во неа. Тие се од особена важност и поука за државите кои ја подржуваа политиката на Версајскиот договор како и политиката на ревизионизмот. И покрај тоа тие „несогласија“ мајсторски се маскирани и како такви не се јасни за светската јавност. И навистина, никој ништо посигурно не знае за недамнешните македонски политички убиства извршени од дрски убијци, кои, облечени во власт, ја делеа правдата по темните лабиринти на Софија, Пиринска Македонија и во окупираните земји од големобугарите во Втората светска војна-делови од Македонија. Самите убијци за време така-наречените „Македонски несогласија“ се претставуваа како некакви органи на тајна внатрешна македонска револуционерна организација, која дејствуваше по силата на своите тајни закони, никому непознати и недостапни за човешкиот разум. Како такви ни ги претставуваше жолтиот печат, кого го подржуваше официелната власт, примајќи го секое убиство како факт на неизбежна појава.\nПолитичките убиства на Бугари од Бугари во Бугарија започнаа од моментот кога руската буржоазија и нејзината царска власт ги поставија своите завојувачки цели во Бугарија и на Балканскиот Полуостров. Политичките убиства над Македонци од Македонци во Бугарија и Македонија започнаа во моментот кога бугарската буржоазија и нејзината дворска власт ги поставија своите завојувачки цели во Македонија. Тие се извршија во два различни периоди на политичкиот развиток и се развија како поединечна и стихијна појава, во зависност од степенот на мешањето во бугарскиот политички живот од страна на големите држави, кои во ходот на политичкиот и економски развиток на Балканскиот Полуостров го гледаа разрешувањето на балканскиот проблем и источното прашање во своја полза.\nПосле убиството на Стефан Стамболов во 1894 година, бугарската буржоазија и круна, на чело со Фердинанда, ги пренесоа политичките убиства на македонска територија, меѓу Македонци внатре во Македонија-тогаш цела под турско ропство.\nПо разделбата на Македонија, односно по Букурешкиот мир во 1913 година и после катастрофата на Бугарија во 1913 година, тие политички убиства се повратија во својот историски исходен пункт-Софија и ја покажаа својата големобугарска империјалистичка природа.\nПосле јуни и септември 1923 година (Фашистичко-воениот преврат и работничкото востание) поединечните политчки убиства станаа честа појава и во 1924 и 1925 година се развија во стихија, одразувајќи се како клањето од вартоломејски стил. Тоа нешто не се случи во другите земји. Бугарија, во поредба со другите балкански земји го издигна своето име како класична страна на поединечни политички и особено масовни убиства. Како да се објасни ова? Како да се објаснат тие политички убиства и клања над Бугари од Бугари, над Македонци од Бугари, над Македонци од Македонци?\nКрвавиот терор над Бугари од Бугари, вршен од моментот на детронирањето на кнез Батемберг, се објаснува со стремежот на руските генерали да ја претворат Бугарија во своја Заддунавска губернија. Долгогодишната особена управа на руските генерали, заверите, превратите како и нивното хунско навлегување со своите војски во Варна, во текот на месец октомври 1886 година, го потврдуваат тој факт.\nКрвавиот терор над Бугари од Бугари, после идењето на кнез Фердинанд Кобуршки, како и оној од Бугари над Македонци и од Македонци над Македонци се објаснува со стремежот на бугарската буржоазија и дворот за безочна експлоатација на трудбениците од селото и градот, се објаснува со нивниот стремеж да ја заложат на големите империјалистички држави економската и политичка независност на бугарскиот народ – што претставува важна стратегиска база на Балканот се објаснува со стремежот на бугарската буржоазија и дворецот да ја завладеат Македонија, директно управувајќи со неа со цел побугарување и асимилирање на македонскиот народ.\nПолитичките убиства меѓу бугарскиот народ и Македонците во Бугарија како и оние на територијата на Македонија, поконкретно речено, се засилија тогаш кога бугарската буржоазија наполно се оформи со своја класна свест за хегемонија и господство, и од моментот кога таа, во интерес на своите стремежи, за заштита на своите класни интереси, доведе на престол принц од туѓина.\nУште пред ослободувањето на Бугарија од турското ропство, бугарските револуционери од генерацијата на Бенковски, Ботев и Левски, знаеја каква управа треба да и’ се даде на Бугарија по нејзиното ослободување и каква политика треба да води бугарскиот народ за своето слободно постоење, за својот економски и политички развиток.\nКај нас, вели Бенковски, нема аристокрација за да има нужда да се поставува кнез: „Еден туѓ принц ќе дојде во Бугарија, со своите туѓи идеи, со дворски развирања; тој ќе нѐ направи такви каква е неговата класа – развратна, горда и надуена; нема попригоден народ за република од нашиот. Урни ја само турската власт и републиката е готова, таа постои во нашите села, во нашите општини. Та кој управува во Копрившница, неписмениот ли ага?„\nА Васил Левски велеше: „Ние се бориме за света народна република и за сојуз на демократски балкански републики, за Балканска федерација.“ А гледиштето пак на Ботев за управувањето на Бугарија познато ни е од неговите стихотворби и сатира.\nПо силата на настанатите политички собитија и против желбите и разбирањата на Бенковски, Ботев и Левски, кои в сушност беа разбирања на целиот бугарски народ, откако Бугарија се оформи како држава, се создаде кнежевски институт. По пропаѓањето на планот на руските империјалистички кругови на чело со рускиот двор за завладувањето на Цариград и Босфор, за создавање на една своја база на Балканот (Заддунавска губернија), руските дипломати со големи усилби во Берлин успеа да ги принудат на отстапки делегатите на Берлинскиот конгрес во 1878 година, поставувајќи го за кнез во Бугарија Александар Батемберг, човек во кого тие имаат голема доверба. Кнезот уште со заземањето на престолот, опирајќи се на руските царски генерали, кои се наоѓаа во Бугарија, ја пројави својата властољубива природа и ја суспендира конституцијата. Но народот почна да негодува против самоволието на кнезот и започна борба за ограничување на неговите своеволија. Ова го присили кнезот во летото на 1882 година да замине за Русија за да ги изрази своите чувства пред рускиот цар Александар, барајќи поткрепа за да го продолжи насилието над бугарскиот народ откога ја суспендира бугарската конституција. Царот ја одобри внатрешната политика на кнез Александар Батемберг, му даде писмена гаранција ополномоштувајќи го да издаде еден апел во кој ќе се вели, дека секој потфат на руските генерали, вишите и нижи офицери што се наоѓаат во Бугарија, уперен против кнез Александар Батемберг, царот ќе го смета како дело против самиот себе. („Б’лгарите в својата историја“ стр. 344 – од Јанко Сак’зов.)\nПо неговото враќање од Русија на кнезот му беа дадени како сигурна гаранција за водење на својата династичка политика во интерес на Русија за воен министер рускиот царски генерал Каулбарс, а за министер на внатрешните работи исто така царски генерал Соболев. Но ова никако не ја заздрави положбата на кнезот. Самите руски офицери го беа компромитирале. Општественото мнение беше возбудено од многуте своеволија на руските офицери, кои самоволно домаќинствуваа давајќи и’ на Бугарија карактер на руска колонија, каде без одговорност можеа да го плачкаат народот.\nКнезот, иако поткрепен од цар Александар, не можеше да се наложи ни преку своите бугарски офицери, над самоволните руски офицери кои, за да би ги сокриле своите престапи, умееја да го оцрнат пред неговиот покровител. Под притисокот на таквиот однос на тие офицери тој се ориентира кон внатрешната опозиција против управата на руските офицери, за премавнувањето воопшто на руското мешање во бугарија. Народот не можеше да ги трпи повеќе кражбите што ги вршеа руските офицери по сите државни ресори. Ако кнезот и понатаму продолжеше да ги прикрива кражбите на руските офицери, тој не ќе беше веќе бугарски кнез, туку нивни соработник – покровител. При ваква положба кнезот не можеше веќе да се колеба, тој требаше во моментот да се ориентира кон опозиционото настроение против руските „покровители“. Затоа тој ја изгуби довербата со која се ползуваше кај цар Александар, оти генерслите успеаја да го претстават како дволичен. Самиот економски и политички развиток на Бугарија му го определуваше патот на кнезот како и политичката му припадност. Тој не можеше да седи на два стола. Со оглед на ова тој и не направи обид одново да го спечали благоволението на царот. Еден ден тој ги повика опозиционите водачи против покровителството на Русија и решително застана на нивна страна, а наедно со ова на борбите, што тој ги водеше против нив, им се кладе крај. Тој беше свестен за својата грешка. Тие борби беа руска подбуцнувачка, а не негово лично дело.\nОваа спогодба помеѓу носителите на антируското движење и кнезот претставуваше сериозен удар за покровителите, во смисла, дека бугарскиот народ ќе си го побара своето право и слобода и не ќе ги трпи веќе. Русите во лицето на дворот и буржоазијата се покажаа како непомирливи во својата завојувачка политика спрема Бугарија и започнаа жестока и бескопромисна борба против сите чесни Бугари, што се дигнаа да ја бранат својата загрозена слобода, повторувајќи ја на митинзите громогласно старата мудрост: „Ниту ви осилото, ниту вашиот мед“. Рускиот двор најнапред си постави како цел да го детронира кнезот. Преминувањето на кнезот кон антируската опозиција беше опасен преседан за остварување на руските планови, од Бугарија да направи своја колонија. Ова ја расклати власта на генералите кои управуваа со Бугарија од неколку години на свој начин и по руско казачки методи.\nВо почетокот конзервативната партија во Бугарија го подржаше овој чуден притисок на рускиот двор. А тој притисок имаше за цел да се подржува една политика, постојано непријателски и управена против Турција. Но подоцна и самите конзервативци се убедија во тоа дека таква политика не е во интерес на Бугарија и за бугарските економски и политички прилики. Конзервативците наскоро разбраа дека економскиот и политичкиот развиток на еден народ успешно се одвива само на базата на соработка со сите мали и големи држави. Тие разбраа дека бугарскиот самостоен развиток може да биде потпомогнат од самата Турција како и од нејзините соседни балкански држави, поради кое е и нужно да се води политика за општо-балканска соработка, а не политика за ориентирање само кон Русија и слепо подржување на нејзината распирувачка политика на Балканот, која и одговараше на нејзините завојувачки цели.\nБатемберг и либералите, на чело со Каравелов и Ст. Стамболов – најпознатите политичари во Бугарија благовремено ја разбраа спомнатата вистина и побрзаа да се разберат најнапред со Високата порта. Довчерашните „''нихилисти''“, кои порано за да би се направиле добри пред рускиот цар, кнезот заедно со воениот министер Ковенхулер, бркаа и апсеа, станаа сега негова важна потпота и со нивна помоќ тој отпушти многу руски офицери што згрешиле, и намалувајќи го рускиот уплив можеше слободно да се ориентира кон Турција и да склучи со неа важен политички договор, полезен за зацврстувањето на самостојниот стопански и политички развиток на Бугарија.\nПротерувањето на руските офицери и склучувањето на договор за пријателство со Турција сè уште не значеше победа над рускиот уплив во Бугарија. Та дури отсега почнуваат мачнотиите, што почнаа да ги создаваат руските агенти на владата и на народот во нивната политичка линија со другите држави, а пред сè со Турција. Русија не можеше да се помири со една успокојувачка политика на Балканот – политика на мир помеѓу Бугарија и Турција. Таа никогаш не поткрепувала политика за единство на балканските народи. Рајхстагскиот споразум помеѓу Русија и Австро-Унгарија во 1876 година, со цел да не се позволи појавување на една силна словенска балканска држава, согласувајќи се Босна и Херцеговина да се даде на Австро-Унгарија, како и подоцнежните дипломатски чекори и подржување политика на раздор и политички убиства во Бугарија го докажуваат тоа. Треба да се потцрта дека таквата политика и до денеска си остана непроменета. Никакви бури и ветрови со политички и револуционерен карактер што станаа во Русија не влијаеја на империјалистичкиот карактер на нејзината политика, и врз основа на тоа станувале, и денес стануваат дипломатски ходови, кои се прикриваат зад убави фрази, како оној за соработка меѓу земјите со народна демократија под знамето на Информбирото, како што некогаш стануваа ходови на завери и политички убиства скриени зад убавите фрази за доминација на Словенството, за идеите на панславизмот под знамето на руските дворјани и рускиот самодржец – царот. Санстефанскиот идеал на кого денес се опираат новите големобугари, Поп-томовците и Мито-ганевците, членови на Информбирото и такви од политбирото на БРП(к), подржани без сомнение од членовите на политбирото на СКП(б), го потврдуваа тоа.\nЗаради ваквата политика во 1945 на софискиот аеродром слегна од авион професор Державин пуштајќи го помеѓу неориентираните од раководството на БРП(к) маркс-ленинисти стариот големобугарски отров по македонското прашање. Овој големобугарски агент, големобугарската династија скапо го плаќаше уште во времето на екзархијата кога Македонија беше под турска власт. Која е таа чудна сила што го задржуваше наемникот и грешникот Державина уште во царско време, да остане цели седум месеци во Софија? Державин за втор пат (порано за време на Фердинанда 1916 година и сега кога на власт се наоѓа Отечествениот фронт) напиша книга за Бугарија за да случајно не исчезне она старо големобугарско чувство на фашистите во Бугарија спрема Македонија, која сега се јавува со целата си сериозност во антифашистичката борба, застанувајќи на фронтот на создадената од Тита федерација на Јужните Словени. Македонците се сомневаа во мислата на Державин откривајќи му го лицето и го демаскираа. Во в. „Доброволец“ бр. 6 од 1 април 1945 година тие му поставија прашање. Державин не одговори. Тој си ја удри и разби главата од гранитната карпа — Македонската Народна Република во ФНР Југославија, која ги демантира неговите лажни аргументи за потеклото на словенската писменост, и за името на земјата каде што се создавала таа писменост, и богумилството, што пред сè претставува гордост за народот кој ја населува таа земја, кој живеал и живее на таа земја.\n. . . „После големиот преврат, после големата Титова револуција на јужнословенска и балканска база, и после толку величествената манифестација во Софија, за братството и единството на сите Словени, пишува „Доброволец“: „да се одговори правилно на тие прашања значи историски да се обезоружаат идејните и политичките претенденти на Македонија, тоа значи да се даде тласок по патот на широкото соединување на Јужните Словени“ . . . .\nДержавин не можеше да одговори, бидејќи заклучокот на „Доброволец“ го демантира самиот него. Оти тој дојде и отседна, не на друго место, а токму во Софија, не за да го прочистува патот за широкото соединување на Јужните Словени, а да го затрупа со разни списи и да го минира во дадениот момент кога за тоа ќе стане нужда, односно кога ќе се даде сигнал од СКП(б). Такви се впечатоците на сите Македонци од списите, проповедите и мисијата на Державина кој боравеше во Софија во 1945 година.\nНо политичките ходови се менуваат. Денес политиката за Сан-Стефанска Буугарија е покриена со црвена информбировска мантија. Зад завесата на Информбирото се пее старата руска империјалистичка песна на нов глас. Уривањето на единството на Јужните Словени и на балканските народи воопшто и денеска е нужно за Русија како во минатото. Таа се налага по линијата на теоријата за односите помеѓу земјите со народна демократија, изработена од СКП(б), за да и’ биде потчинето сè. Почна да се врши ревизија на марксистичко-ленинистичката теорија. Таа би требало да се пригоди кон меот на рускиот, грубо речено, Моллох.\nПолитичките насани во земјите со народна демократија кои се јавуваат како резултат на информбировската политика; одземање културната автономија на Пиринска Македонија; неисполнувањето на трговските обврски од страна на владите во земјите со народна демократија спрема ФНР Југославија со цел да не се оствари Петгодишниот стопански план и изградбата на социјализмот; теророт и идејната и политичката чистка во компартиите кај земјите со народна демократија; непристојното поведение на информбировците на чело со СКП(б) и Советскиот Сојуз по прашањето за Трст, по однос на австриското прашање и прашањето за Корушка го потврдуваат тоа. Сето тоа создава една нова серија докази на современиот руски империјализам, кој се загнездил во главите на раководството на СКП(б) под информбировска маска за наложување на ново покровителство. Во Бугарија против старото покровителство народот реагира со крвави борби и поставување топови по бреговите на Црно море, свртени кон Русија. При изменетите економски, стопански, културни и политички услови, начинот на кој што ќе реагира бугарскиот народ и народите во земјите со народна демократија против новото покровителство, ќе биде доста интересен, бидејќи работата се однесува за односите во социјалистички земји со рамноправни народи. Затоа што тоа се однесува на социјалистичка изградба во одделна земја, каде новиот метод на насилнички односи не ќе може да најде услови за да вирее.\nТуку да не се отстрануваме. Ни претстои да ги разгледаме борбите на Бугарите против старото покровителство на Русија како би го проучиле карактерот на политичките убиства. Целиот работен народ машки се бореше против насилбите на руските генерали. И бугарската буржоазија, како дел од бугарскиот народ, имаше зашто да се буни против руската политика во Бугарија и на Балканот. Таа класа се нервира од фактот што на една така мала територија се создаде слободна држава. Таа ја изгуби поранешната предност и моќност. Едино во големата султанова територија – Европска Турција, која се состоеше од Бугарија, Тракија, Македонија и Албанија, таа имаше привилегирана економска положба по градовите и селата, и водена од експлоататорите Драган-цанковци, Каври-крстевци и други таа влечеше неизмерно богатство. Затоа таа се сроди со балканската политика на султанот и усвои идејни и политички позиции на еден дуализам, зад кого се прикриваше широката експлоатација над работните маси во султановите балкански земји. Затоа таа беше дуалистичка, сакаше султанот да и’ биде цар и не можеше лесно да се помири со новосоздадената положба на „покровителството“ и да биде поставена да врши размирици на Балканот, а да ги остави своите интереси и да тргне по директивите на Русија.\nНа таа база а и по линијата на борбата против руското покровителство и хегемонијата во Бугарија настанаа бунтови и се извршија поединечни и масовни политички убиства. Во таа борба кнезот застана на страната на бугарскиот народ кој се бореше. Штом на дворецот му октажаа поткрепа неговите генерали, кои се наоѓаа во Бугарија, единствениот исход му беше да тргне заедно со народот во борбата за премавнување на руското покровителство.\nНо борбата против руското покровителство во Бугарија беше тешка. Руските генерали сѐ уште имаа свој уплив и сѐ уште се ширеа по Бугарија, земајќи иницијативи од општествен карактер какви што сакаат. Тие генерали дадоа и идеа за организирање друштвени комитети, кои преку чети ќе дејствуваат во Македонија, организирајќи востание за остварување на чисто руски политички планови, изготвени зад руската завеса. Генералите успеаја да организираат и такви комитети, на чие чело застана познатиот бугарски јавни работник Захариј Стојанов и еден млад офицер, по име Паница, кој подоцна одигра значајна улога во движењето за присоединување на Источна Румелија кон Бугарија. Но Каравелов и Стамболоб се дигнаа против дејствијата на тие општествени комитети, сметајќи ги нивните цели и задачи туѓи на интересите на бугарскиот народ, па ги убедија раководствата на тие комитети да ги устремат своите револуционерни замисли кон организирањето на едно востание во Источна Румелија како би се таа присоединила кон Бугарија. Стамболов сметаше, дека политички не е згодно да се дејствува со чети во Македонија за да не би се појавил стремеж меѓу Македонците за самостојност, од една страна, а и да не се предизвика оружено мешање меѓу претендентите на Македонија, Грците и Србите, од друга страна. Кнезот го прими предлогот на Стамболов како умесен и преку својот даровит агитатор, неговиот секретар Головин, ја потпомогна агитацијата за подготовка на општествените комитети по линија за дејствување во Источна Румелија, за нејиното присоединување кон Бугарија, кое би било поткрепено и од западноевропската јавна мисла како оправдана борба, како борба која одговара на желбите и интересите на бугарскиот народ. Успехот да се устремат усилбите на општествените комитети во Источна Румелија, а по директивите на Стамболова и Головина, беше стварно успех на опозицијата во Бугарија против руското покровителство. Дејствата на тие општествени комитети се крунисаа со успех, така што во 1885 год. преку едно народно востание Источна Румелија се присоедини кон Бугарија, оставена од Берлинскиот конгрес како полунезависна област. Великата Порта не се спротиви на востанието, оти тоа беше управено против месната власт на румелиската област. Таа не реагира луто и не земајќи дејствителни воени и административни мерки, со тоа само го олесни востанието.\nПрисоединувањето на Источна Румелија кон Бугарија предизвика завист кај српската круна на чело со крал Милан, кој подбуцнат од рускиот и австро-унгарскиот царски дворец, ја нападна Бугарија со цел да го попречи соединението. Но Бугарите ги одбија Србите и си го зацврснаа своето соединение. Турците овој пат застанаа на страната на Бугарите. Кнез Батемберг по советот на Каравелов и Стамболов склучи договор со Високата Порта. Руската дипломатија од склучениот договор се изненади. Тоа го разлути страпно рускиот цар Александар III, и затоа срдито ја фрли нараквицата на Кнез Батемберг си постави за цел да го премавне од кнежевскиот престол по секоја цена. Русофилските органи, весниците „Соединение“ и „Светлина“, субсидирани од рускиот двор, отворено почнаа да го обвинуваат кнезот за создадената русофобија и движење против руските офицери во Бугарија, тие весници создадоа вештачко расположење против кнезот и пишуваа дека кнезот извршил предавство против интересите на Бугарија, како и тоа дека тој влегол во врска со германските агенти, поверувајќи им се и игнорирајќи го руското високо внимание и заштита. Злото од кое страда татковината, велеа руските агенти од уво на уво, е кнезот и тој треба да се премавне. „Соединение“ пиша: „Злото од кое страда татковината секому е познато. Останува сега само да видиме кој ќе го премавне тоа зло и кој ќе го добие името спасител на Бугарија. Било тој да е Цанков, Каравелов или некој друг, тој за нас ќе биде најголемиот патриот и доброжелател“. А и јасно е зашто руската дипломатија го напаѓаше само кнезот и бараше поводи да го клевети. Руската дипломатија сакаше да го направи невозможен. Таа си беше поставила за цел да не ја напаѓа опозицијата против Русија, туку само кнезот. Со тоа таа целеше да ги удира посебно и опозицијата и кнезот. При тогашните политички услови, кнезот со своите лични приврзеници и опозицијата, соединети, фактички претставуваа непобедива внетрешна бугарска опозициона сила, која се нафрлуваше против рускиот уплив во Бугарија и против сите руски планови и намери.\nКолку и да се покажуваше опозицијата силна против Русија, руската дипломатија и пропаганда сепак наоѓаа во Бугарија свои приврзеници за урнувањето на кнезот со вооружена сила. Каравелов, кој беше на власт, и покрај извесни очигледни русофилски појави не веруваше дека ќе се најдат завереници, кои ќе го детронираат кнезот без негова согласнос. Но таа самоувереност на Каравелова им помогна необично многу на заверениците сосема спокојно да се запознаат и организираат.\nСпрема историските податоци руските претставници во Бугарија, генералите Соболев и Каулбарс и други Руси се осмелија да зборуваат со Цанкова тајно и откриено со Каравелова и Стамболова дека тие, потчинувајќи се на волјата на својот император сакаат што поскоро кнезот да се детронира. Каравелов и Стамболов одлучно го отфрлија барањето на императорот, изјавувајќи дека нема јавно оправдание за таква акција, која може лошо да се протолкува, а и да биде по штета на бугарската независност, а особено помеѓу неруските сфери.\nЗа да го компромитираат режимот на Каравелова како и неговата политика за добри односи со Турција, руските генерали во Бугарија одново ја оживеа идејата за стварање на нови комитети и нови наемници, кои што пак ќе испраќаат чети во Македонија. Како глава на тие комитети застана владиката Натанаил. За таа цел на 16 мај 1885 година беше опљачкан мунициониот склад на ополченците во Ќустендил, со кое оружје руските офицери ја вооружија четата на козачкиот мајор Калмиков, која ја препратија во Македонија. Калмиков е провокаторот што во 1878 година по заповед на рускиот главен штаб го убија Стојана војводата, шефот на македонското востание кое избувна во Кресна, само за да го деморализира и парализира. Калмиков го направи тоа по заповед со цел да не се даде на големите сили материјал дека Русија го потпомогнала движењето, дека го подбуцнувала да се со востанието најде како со свршен чин на Берлинскиот конгрес.\nПродолжувајќи ја својата завојувачка политика руската царска власт го засили напаѓањето со сите средства. Но и владата реши да се брани машки. Таа превзеде благовремено мерки и ги парализира дејствијата на Натанаиловите комитети, осуетувајќи и други слични провокации. На 17 мај 1885 година Ќустендилскиот окружен управител Славков, согласно добиените директиви од владата, ја премина турската граница, ги извести граничните турски власти и на Гавран планина тие ја најдоа Калмиковата чета, со која се судрија и која ја расформираа, фаќајќи го и Калмикова заедно со некои негови другари четници, меѓу кои што беше и младиот Влав Питу Гули, херојот од Илинденското востание, кој што загина во 1903 година со сто души четници на бранителниот сектор „Мечкин камен“.\nРуските агенти во Бугарија го исползуваа овој случај со Калмикова. Тие го издигнаа Калмикова како национален херој, а кнезот го обвинија како предавник на татковината, затоа што херојот го предал на туѓа власт. Тие смислено го напаѓаа кнезот не сообразувајќи се со политичката линија на владата, која што се беше ангажирала пред турските власти да се запазат уредни односи помеѓу двете страни, а особено по однос преминување преку граница и предизвикување провокации, како она со испраќањето четата на мајор Калмиков.\nНо како забележивме и погоре тие смислено го напаѓаа само кнезот, сметајќи го и преставувајќи виновен за сите внатрешни и надворешни политички односи на владата, за сите мерки од градежен карактер какви што се превзимаат тогаш, а нарочно околу изградбата на пругите Софија – Русе, Софија – Скопје, Софија – Ниш, Софија – Свиленград и други за кои се интересуваа и големите и малите држави. Кнезот го разбираше стратешкиот смисол на нападите против него и тоа го зближуваше се’ повеќе и повеќе со опозиционите средини. Довчерашниот „нихилист“ со бушавата коса, Каравелов, сега му стана љубимец на кнезот.\n. . . „Кој е против Каравелова, тој е против мене“ велеше кнезот на либералите приврзеници, на Каревелов како и на заштитниците на „Независна Бугарија„ (Види: Б’лгарите в својата историја“, стр. 400 од Јанка Сак’зов)“.\nРусофилите, кои водеа борба против владата и либералите, одеа во крајност и лични саморасправии; смелоста им идеше од куражот кој им го даваа руските генерали, што уште се наоѓаа во Бугарија како војни инструктори. За време агитацијата на изборите за народни претставници во 1886 година, русофилите извршија неколку политички убиства. Во Нова Загора го убија поручникот Сербезов, а во Борисовград еден од дејците за соединувањето поп Ангел Чолаков. Ужаснати од грозното убиство и истовремено возмутени од руските предизвикувања кон убиства, пловдивските револуционери од времето на борбите за соединување, го пренесоа телото на поп Ангел Чолаков на раце и организираа бурна антируска манифестација, на која што за прв пат се искажаа протести против рускиот цар.\nПри откривање на народното собрание на 2 јули 1886 година кнезот во својата престолна беседа не го спомна името на рускиот цар. Тој возбуди негодување кај рускиот печат и протести од страна на рускиот пратеник пред Високата Порта. Се истакнуваше дека Високата Порта ја подбуцнувала владата како и непријателски расположените луѓе во Бугарија против Русија, од кое што како последица се појавија извесни политички убиства за време изборите. Со нотата на рускиот пратеник се целеше да се заблуди европската јавна мисла по однос на вистинските причини за убиствата во Бугарија. Во врска со тоа владата не задоцни со одговор, изјавувајќи и на руската нота со сарказам.\nСо нотата руската дипломација имаше намера да докаже дека непријателската расположба во Бугарија против Русија е дело на турската влада. А стварно настроенијата идеа оттаму што Русија се стремеше и целеше да ја обрне Бугарија во своја колонија.\nБугарскиот историчар Јанко Сак’зов, карактеризирајќи ја положбата на жестоката борба против агентите на Русија во Бугарија на стр. 402 и 403 во својата книга „Б’лгарите в својата историја“, пишува: “Захари Стојанов, Д. Ризов и Д. Петков еден по друг се натпреваруваат да им одговорат псуејќи сѐ што е руско, императорот, Каткова (рускиот дипломатски агент), камбаните, самоварите, иконите. Борбата стануваше сѐ пожестока. Русофилската опозиција сакаше кнезот и владата да се премавнат, гледајќи го во тоа спасението на земјата. Радикалните радикали го гледаа исходот пак само во избесувањата на предавниците и на црните души (русофилите). Самоистребувањето се виеше над соединетите браќа.\nТаква беше внатрешната политичка ситуација. Русофилите постојано го увеличуваа смутот во душата на народот. Тие ја распространуваа лагата дека без помошта на Русија или пак одделена Бугарија од Русија, побргу ќе заагине. Тие се мачеа да докажат оти една нова војна меѓу Србија и Бугарија е неминовна и дека, ако Бугарија не тргне со Русија, тогаш Србија со нејзина помоќ ќе ја нападне Бугарија и за да биде победата на Србија осигурена Русија ќе истовари свои војски во Варна. Со сите тие семожни измислици се целеше да се изведе заклучок дека, ако Бугарија сака да биде спасена, ќе треба да го жртвува кнезот.\nТаа агитација наоѓаше духовна основа најнапред кај младите офицери, така што некои од нив и се заложија за конспирацијата – за сметнување на кнезот. А и кнезот сам се покажа непредвидлив и недоволно претпазлив во своите мерки против еден напад и изненада. Тој не отпушти и не премести скоро ниеден од младите офицери, воспитаници на руските војни школи, кои што беа блесокот на идејата за мисијата на словенска Русија, носителка на словенското братство, не ги гледаа казачките чизми како ја газат слободата на еден мал словенски брат. Тие руски воспитаници на чело со познатиот генерал Ратко Димитриев, не задоцнеа со конспирација во армијата и на 9 август 1886 година на чело со струмскиот полк ја опколија Софија и го принудија кнез Батемберга да абдицира. Народот негодува против такво дејство на руските офицери. Целиот свет разбра дека превратот во Бугарија беше руско дело. Но заверениците останаа изненадени, а некои од полковите јавно застанаа на страната на кнезот и владата. На осум дни по абдицирањето, кнезот беше пак устоличен, а заверениците сите избегаа, освен оние што попаднаа во затвор. Владата изјави радост дека една ниска руска акција за мешање по бугарска работа е спречена, дека е кнезот одново повратен на престолот. Но кнезот, пак, сам се покажа малодушен. Тој уривачки акт подејствува на неговата психика и ја уби неговата поранешна машкост. Тој презеде погрешен чекор, не советувајќи се со оние, кои го вратија во Софија и одново го поставија на престол, тој му испрати една телеграма на Александар III со која му ја предаде својата судбина во негови раце. Рускиот цар се покажа спрема побрканиот бугарски кнез жесток и од височина му заповеда да ја напушти Бугарија веднаш. Малодушниот кнез со својата телеграма си направи самокритика, објавувајќи се виновен без вина, мислејќи дека со тоа ќе го умилостиви сесилниот руски господар, но господарот се покажа жесток и кнезот беше принуден одново да го напушти бугарскиот престол.\nНа 1 септември 1886 година се свика вонредно заседание на народното собрание. Кнезот потчинувајќи се на волјата на рускиот цар изјави желба да ја напушта Бугарија. Собранието му отпушто 100.000 лева за патни трошкови и му ги откупи подарените имеоти за 2.500.000 лева во знак на признателност. Со тоа амбицијата на рускиот цар се задоволи. Царот го испрати својот вонреден претставител, генерал мајор Каулбарс и побара ултимативно сите руски и бугарски офицери затворени во врска со превратот да се ослободат. Тоа дрско и надуено барање, одново го револтира бугарскиот народ. Неговите водачи, а заедно со нив и крајните русофили се уверија дека на Бугарија и’ прети опасност, и тоа ако бугарското прашање се третира како руско или ако не се дигне старателството, или пак ако се врви само со Русија.\nРазмислувањето по прашањето на опасноста Бугарија да биде изолирана од надворешниот свет поради руското старателство над неа почна да ги занимава умовите на сите културни луѓе во Бугарија. Тоа го наежи народот против се’ што е руско. По ова прашање се просудуваше на секаде во Бугарија – преку митинзи на кои што отворено се изјавуваа слободоумните луѓе. На еден митинг во Софија стана дури и еден скандал. Еден Русин беше викнал на собранието – „Долу Б’лгарија“ – „Да живее Русија“, поради кое беше претепан. Рускиот извонреден пратеник узнавајќи за случајот дојде веднаш на митингот лично, но жестоко се разочара од зададените му прашања и слегна од трибината понизен и верен дека Русинот бил навистина виновен.\nЗа да се угуши непријателската разположба против руското старателство во Бугарија царот истовари војска во варненското пристаниште и тој акт пред надворешниот свет го објаснуваше како времена мерка за умирување на владините маси, кои ја „заплашувале“ руската агенција во Бугарија. Стварно истоварот на руските војски имаше за цел да се подигне конспиративниот дух на руските агенти за дигање востание. Подбуден од сето тоа капетан Набаков дигна востание во Бургас, но востанието го угушија владините војски, казнувајќи истовремено и некои Бугари како предавници на татковината, кои станале руски агенти.\nОслободените Бугари од извонредниот царски претставител Каулбарс, замешани во превратот против кнез Батемберг, отидоа во Румунија и започнаа да издаваат весник „9-ти август“. Тие беа направиле и план за својата работа и на 16 февруари 1887 година на чело со началникот на силистренскиот гарнизон, капетан Крстев, го завзедоа градот Силистра, за кое телеграфски го известија рускиот цар. Но и овој акт на руските офицери пропадна, бидејќи владата не се исплаши. Таа испрати војска од Варна и Шумен, кои го угушија востанието, и го фатија и убија капетан Крстев. Но руските агенти беа во постојано војно конспиративно движење. Она што се случи во Силистра, стана и во Видин и во Русе. Таму мајорите Филов и Узунов се обидоа да дигнат востание и да ја кутнат владата. Ама владините војски и таму се покажаа како победители. Движењето се угуши жестоко. Сите затворени руски агенти после востанието на обата мајора беа убиени во една ноќ – по заповед на главниот прокурор на владината армија, мајорот Паница. А на 20 февруари 1887 година беа осудени сите пофаќани сомниви офицери и стрелани. После тие строги мерки спрема русофилите, владата на чело со Радославов, кој што беше и министер на внатрешните работи, и со помоќта на воениот министер Николаев се спречкаа со регентите, а особено со Стефан Стамболов. Регентите ја осудија грубата тактика на владата. Во расправиите меѓу себе тие го гледаа гробот на Бугарија, а руските агенти фанатично и го копаа. Ама и владата не беше тактична во своите мерки против русофилите. При тогашната меѓународна политичка ситуација, а спрема сфаќањето на мнозина бугарски јавни работници единственото средство за да се тури крај на меѓусебните расправии беше да се доведе од иностранство еден принц како кнез на Бугарија на местото на избеганиот Батемберг. Сите сметаа дека е нужно да се избере кнез, кој што ќе определи рамномерен однос спрема сите големи сили и спрема Турција. Регентот Стамболоб по таа линија ги сплоти старите дуалисти (приврзаници на идеата и политиката султанот да биде цар и на Бугарија). Ова му беше на султанот предложено, но тој откажа поради свои тајни причини. Под упливот на руската пропаганда непостојаните карактери си ги менуваа своите довчерашни мисли – идниот кнез на Бугарија дали да биде од руско потекло. Но буржоазијата, како владеачка класа, почна да се плаши од еден нов послушен кнез на рускиот цар и поради тоа конзервативците во согласност на тогаш најпопуларниот Бугарин Ст. Стамболов (регентот) кому султанот му откажа да ја прими бугарската круна, го доведува од Виена принцот Фердинанд Кобуршки како кнез на Бугарија. Тоа стана на 17 март 1887 година.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_I._%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 6064, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10089", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел III. Бугарија по катастрофата во 1918 година", "text": "Дејноста на револуционерите од серскиот револуционерен округ. Привременото претставителство на бившата ВМРО. Меморандум на Македонците во Цариград. Апелот на старите македонски револуционери против османлиите. Писмото на полномошникот на привременото раководство во Париз пред конференцијата за мир. Одговорот на привременото раководство.\nНепосредно по катастрофата на Бугарија во октомври 1918 година, серските револуционери на чело со Димо Х. Димов се собраа на совет по однос прашањето за судбината на Македонија и за таа цел приготвија една декларација, изјавувајќи дека ќе ги потпомогнат оние кои ќе ја прифатат борбата за ослободувањето на Македонија. Тие изјавија дека е неопходно, како и порано, таа борба да се прифати од средите кои веќе докажале дека немаат ништо општо со врховизмот во Софија, кој со години на ред го лажеше бугарското општество за карактерот на македонската борба. Во декларацијата тие изјавија:\n1. Наместо балканскиот империјализам, кој како завојувачки стремеж за завладување и господарење над туѓи земји, ден по ден го распарча Балканскиот Полуостров, ние го подигаме стариот бајрак на македонската автономија, бајракот на балканската дружба и балканското братство.\n2. Македонија треба да се обнови во соодветните географски граници и главно на базата: Солун, Вардарската долина, Скопје и Битола да имаат свој природен географски и стопанско – економски грб (хинтерланд).\n3. Територијалното соединување на Македонија не е непријателски акт спрема слободните балкански народи, ниту пак насилно и сепаративно откинување на нивната територија. Таа ќе се обнови за сметка на сите како заокружена географска единица и ќе претставува солидарен вложен капитал за нивно општо претпријатие, кое ќе ги сплоти за живот и мир, за искрено потпомагање и честита иднина.\n4. Македонија треба да добие најпогодни управни форми, за себе, за народите што ја населуваат и за балканските собраќа, создадени при полна и еднаква слобода за сите националности во просветен, религиозен, политички и културно – економски однос а во сојуз со демократските народи.\nП Р И Ч И Н И\nБившите дејци од серското крило на ВМРО во неколкудневни советувања по положбата, а во врска со прочитаниот за таа цел реферат како и во врска со настанатите на Балканот, од зародувањето на ослободителните борби до тогаш, изјавија пред македонските маси, пред ослободените балкански народи и пред останатиот свет и издигајќи го одново знамето на ''Автономна Македонија'' – решија да се борат со готовност заедно со сите кои ќе застанат под него, а за остварувањето на македонскиот идеал, изјавувајќи дека со тоа свое решение се раководат и ќе се раководат единствено од следните причини:\n''Балкански крах''\n1. Македонија во минатото и за времето, кога таа стана театар од низа непрекинати војни, имаше и има како целина разнороден етнографски состав, независно од пропорцијата на одделните националности.\n2. Расположбата на територијата на Македонија фактички е таква дека таа и покрај националните различија чини една нераздвојна географска и економска целина.\n3. Борбите на македонското население спрема бившиот деспотски турски режим не можеа да истраат на својот природен пат во форма на стремеж за самоуправување на областа, туку се прекршија под силниот уплив на господаречките идеи за политички национализам и национално соединување.\n4. Тие идеи кај балканските држави се изразија во стремеж за завладување на земји независно од народностите кои ги населуваат.\n5. Балканскиот империјализам во тој свој стремеж за политичка и стопанска хегемонија на Балканот ги фрли балканските народи и држави во противречност и конфликти, кои требаше да започнат со војни и да продолжат со војни, и вечно со војни.\n6. Империјализмот на балканските држави се разви и вирееше благодарејќи само на тоа дека во нив управуваа династии, влади и кругови туѓи на народот, кои го заблудиле и помрачиле неговото сознание, не опирајќи се на неговата стварна сила, и дејствувајќи секогаш тајно и во комбинација со големите европски дворови, управни фактори и дипломатски претставници.\n7. Неспособни и бессилни да ги постигнат сосема големите завојувачки цели, несразмерни со силата и животот на државите, балканските влади и династии ниту еднаш не си ја подадоа раката за чесна спогодба по националните прашање, а си останаа свесни орудија на туѓите упливи, орудија на европскиот империјализам, кој што секогаш дејствуваше со измама за своите сопствени грабителски цели, и по таков начин ги фрлија своите народи, најнапред сами, а потоа и во сојуз со двата војувачки лагера во една страшна и опустувачка крвава борба, која една по една ги урна сите балкански држави.\n8. Во таа крвава и страшна војна Македонија – објектот на завојување и хегемонија, се преврти во урнатини, неможејќи да вети на која и да било од ослободените балкански држави ниту најмал дел од пленот, со кој што беа фрлени во војната.\n9. Хегемонијата си остана неоствралив сон; идеите за формирање на силни балкански империи – српските, бугарските, грчките и румунските, останаа безживотни и мртви и над целиот Балкан.\nДо колку за сметка на Македонија ќе се постигне или нема да се постигне извесна спогодба за нејзината делба, до колку едната или другата ќе се рашири за сметка на третата, мир нема да има, кој ќе ги осигури нивниот спокоен развиток и иднина.\nРаспарчувањето на Македонија, во каква и да било форма да се изрази, освен горната последица ќе следува уште и распаднување на една округла географска единица, кое ќе го постави населението во најнеприродни стопански и економски услови.\nБалканските народи дадоа тешки и скапи жртви во низа братоубиствени војни, расклатувајќи ги со тоа од основа своите економски прилики, тие немаа никаков интерес да ги продолжат одново своите натпреварувања во неприродното распарчување на Македонија како географска единица на македонскиот народ во својата целост, после преживените катастрофи ја прифати наново автономната идеа, и тоа колку за своите сопствени интереси, толку и од желба таа да биде општа желба на своите балкански собраќа, кои беа рисковале за земјата поради тоа што беа водени по темни и криви патишта и беа рискувале дури да кладат и крај на своето постоење.\nБило какви територијални промени да се појават на север, југ или исток на Полуостровот, било како да се формираат идните граници на Бугарија, Србија и Грција во правци кои нема да создадат балкански противречности и зависти, вардарската железопатна артерија со својата излезна точка во Солун и целиот негов заден дел на исток, север и запад треба да биде општ и достапен за сите балкански држави.\nАвтономијата на Македонија по излагањето на соображенијата доведе и поради фактите дека целото човештво кое страдаше се занесоа со идеите на демократијата, примирието, спогодбите и разоружувањето, не може веќе да биде арена на национални расправии и шовинизам, ниту од внатре ниту од надвор. Георграфската идеална целина и пред докажаната невозможност да биде во границите на која и да било држава, автономна Македонија нема да се подаде на никакви сепаративни упливи, туку ќе биде само соединувачки пиемонт меѓу членовите на општата балканска фамилија.\nБалканските народи можат да се запазат од надворешно империјалистичко старателство, од економска зависност и туѓи стопански концесии само до толку, до колку ќе застанат на базата одлучно на взаемна спогодба, не оставајќи ја својата судбина на милост и соображенија на големите европски фактори. Само едно силно народно движење за самоопределување на Македонија може да ја отстрани таа опасност.\nВо големиот светски конфликт, пишува Х. Димов во својата брошура „Назад кон автономијата на Македонија“, им стана јасно на балканските народи дека судбината на една мала држава со големи проблеми виси секогаш на влакно. Една по една сите балкански држави го преживеја својот слом, тоа го преживе и Бугарија . . .\n“Фантастичните планови на династијата, котерските режими и патриотските стари шпекуланти, мародерите „усмирители“ и соединититили, да уништуваат и потчинуваат туѓи држави одамна се виѓаваа пред лицето на народните маси како кутии од картон леејќи ја ''својата'' крв по фронтовите . . .\nНародите сакаат да живеат во мир . . . .“\n„Конфедерирањето на балканските држави врз база на распарчување на Македонија е исклучена. Самото делење нема и не може да биде во согласност, ниту со националниот принцип, ниту со географските нужди, тоа ќе биде, првиот акт на неискреност во нивните идни односи и одејќи по тој пат тие нема да си подадат рака, освен ако не ги изживеат наполно своите крвави зависти и непријателства кое ќе може да стане само во случај при величието на републиканск демократија.\nПри создадената положба и после преживеаните настани, најсигурниот и најкусиот пат за триумф на таа демократија е федерирањето на одделните националности во Македонија. Тоа треба да се потцрта како факт.\nМакедонија која лежи на една докажана стопанска неопходност не противречи во политички и национален однос со интересите на ниедна балканска држава доколку е таа заснована на демократски принципи.\nПред волјата на македонскиот народ за да си устрои свој живот и своја иднина, сообразно со своите интереси, треба да паднат сите други соображенија. И среќа е, што тргната по својот пат, Македонија ќе одигра една голема улога – да го побрза паѓањето на балканските династии и да го приближи прославувањето на балканската федеративна република . . .“\nЧитајќи ја ''декларацијата'' на македонските револуционери од Серскиот револуционерен округ, ние не можеме а да не искажеме удивленост од нивните пророчки изјави. Навистина, има делови што се појавуваат како непотребен баласт, а има и идеализам што не одговара на грубата стварност од нивното време, но општо земено ''декларацијата'' ни го пророкува она, кое го гледаме денес остварено: – падот на монархистичките режими и смелата борба на народите кон федерацијата и демократизацијата на Балканот.\nИ особена оригиналност покажува одделот за ''словенскиот мир'';\n„Не на едно и две места по картата на светот кој се раѓаше и особено во така наречениот словенски мир ќе изникнат движења како вулкан за самоуправа на истата база, како и во Македонија. Тие движења ниедна демократија под какви и да било соображенија не може да ги отфрли.“\nТака се искажаа претечите на денешната Титова ера, која ни го определи патот кон федерацијата на балканските народи. Но за тие свои смели искази и за правците, што македонските револуционери, а особено оние од Серскиот округ – ги дадоа на македонската борба – тие смели и умни мажи до еден паднаа прострелани од непријателите на народната слобода, од големобугарските елементи на германизмот и фашизмот во Бугарија.\nДејците од серскиот револуционерен округ со својата декларација дадоа содржина на идеата за ''самоопределување'' на Македонците. Тие изјавија дека знамето на македонската борба за самоопределување треба да се пази од нечисти раце, од кажни патриоти и шовинисти кои лажно ќе го прикажат нашето дело пред туѓиот свет.\nНа базата на тие принципи, изложени во декларацијата на дејците од Серскиот револуционерен округ се соединија сите внатрешни македонски револуционери, а по Првата светска војна на една конференција, која се одржа непосредно после демобилизацијата и склучувањето на мирот, беше избрана привремена управа за раководење на борбата на македонскиот народ. Избраните беа Г’орче Петров, Таско Спасов (серски), Димо Х. Димов, Павел Христов, Михаил Герџиков и Петар Ацев.\nПрвата грижа на таа привремена управа беше таа да влезе во врска со претставителите на народите за мир, собрани на конференцијата во Париз. За таа цел беше ополномоштен свештеникот Павел Христов, главен викариј на македонските унијати, за да ја претставува бившата ВМРО пред надворешниот свет и пред конференцијата за мир во Париз, каде што се прекројување мапата на Балканот, како би ги претставил барањата на Македонија за нејзиното запазување како цела и неделива во нејзините географски, стопански, етнографски и економски граници – Македонија за Македонците.\nСвештеникот Павел Христов излезе со историски податоци докажувајќи го пред делегатите за мир правото на Македонците за самостоен живот. Во едно свое писмо до привременото раководство тој ги уверува Македонците дека неговото излагање по македонското прашање на конференцијата за мир направило силен впечаток пред делегатите.\nВо заклучниот дел на своето писмо ополномоштениот Павел Христов ги храбри Македонците да не губат вера, да работат со надеж, оти порано или подоцна вистината ќе си го пробие својот пат.\nНа 18 јануари 1918 година Македонците-емигранти во Цариград го подадоа првиот ''мемоар'' до мировната конференција во Париз. Во тој историски документ тие изјавуваат: „Македонија се борела и страдала преку сите времиња за да ги добие својствата на национална единица; едина и неделива. . . Од економско и социјално гледиште таа претставува неоспорна единица, способна со текот на времето да ги отстрани сите етнички раздори. Внатрешните спорови меѓу разните елементи, подбуцнување на тоа од потајните дејства на соседните држави, ќе можат да се отстранат само преку еден широко демократски режим. Солун, големото пристаниште на исток, ќе може да живее само при еден таков режим. Империјалистичките стремежи на соседните држави секогаш се противставуваа на таа идеа и секогаш ја подржуваа таа вековна рана, која го сочинуваше ''Источното прашање'': Бидејќи часот за конечна ликвидација беше веќе настанал, ние се осмелувавме да напомниме на шампионите на слободата и еманципацијата на народите дека во Македонија нема да има мир и спокојство освен ако биде едина и неразделна, и ако нејзините жители бидат господари на својата сопствена судбина.\nНашата најголема желба, а тоа е одраз од желбата на самото македонско население, е востановување од мировниот конгрес на нашата земја како една општа татковина едина и неразделна Македонија со автономија слична на Швајцарскиот кантонски режим.“\nТој мемоар беше резултат на еден грамаден митинг, кој се одржа во Цариград.\nПосле овој мемоар на цариградските Македонци, македонските револуционери и борци против османлиите го издадоа во март 1919 година следниот апел:\n„До македонското население и до емиграцијата во Бугарија и зад океанот“.\nПотпишаните делегати од бившата ВМРО во Западна Македонија после заедничко и исцрпно советување со претставителите од серскиот револуционерен округ по однос на општата положба и идното македонско политичко суштествување, на кое се разгледаа и прашањата во врска со издадената од нив декларација, еднодушно ги примивме основните ставки на таа декларација, кои непосредно ја изразуваат идеата за идното самостојно постоење на Македонија, изложени на крајот од оваа изјава, а исто така решивме со полна еднодушност пред сите наши соотечественици да излеземе со следните општи и за двете страни (Санданисти и претставители на Западна Македонија б.н.) изјави.\nНашето минато и сегашност ни даваат полна основа да го сметаме како сретно започнатото општо дело, како дело на целокупната Македонска револуционерна организација и да ги изразиме вистинските стремежи и желби на населението во Македонија.\nНашата готовност за отстранување на секаква трага по прашањето на каква и да било партијност и да служиме солидарно и чесно на народната кауза, ја претставуваме на своите сонародници како гаранција за нас, а ним како пример по однос на сегашните и идни борби, кои ги наложуваат приликите, а и ќе ги налагаат како средство за изградување и зацврснување на делото, по оформувањето на Македонија. Во овој наш општ и искрен почеток, во кого вложуваме само капитал од нашиот идеализам на македонските револуционерни борби и нашето чесно и искрено служење на ослободувачкото дело, фрлајќи го одлучно соучеството сега и за секогаш, на оние бивши дејци од внатрешната организација, кои што, пред и по војните, со својата дејност и со својот живот се отстранија од нејзините основни ставки, го компромитираа нејзиниот идеализам, ја оскрнавија чистотата и бескорисноста на македонските борци иго оцрнија споменот на нашите загинати другари. Општествената совест нека им го даде заслуженото на тие изменици на идеалите на организацијата и нејзината чес.\nИсполнети со длабока вера дека стануваме изразители на општите желби, оти ниеден Македонец ниту македонски изгнаник не ќе посомнее во нашите чисти намери, во цврстината на нашата убеденост и искреноста на нашите дејства; со длабоко огорчение ќе треба да изјавиме дека во лицето на така наречениот ''Извршен комитет'' во неколку од македонските братства ние сретнавме едно организирано противење на нашите дела и во никој случај не можеме да му го признаеме правото, кое тој си го припишува – да ги изразува желбите, стремежите и чувствата на македонската емиграција во Бугарија и на македонското население. На тоа не му даваат право ниту побудите на неговото оснивање, ниту начинот на неговиот избор, а ниту пак луѓето кои го претставуваат. За нашите очи ''Извршниот комитет'' не е ништо друго, освен едно формирано претставителство на Македонија без врска со неа, чиј задаток е да ја разединува емиграцијата во Македонија и да и‘ припишува желби, какви таа во поголемиот дел ги нема. Затоа ние ја поканувавме емиграцијата да го порекне одново Извршниот комитет и средината која му даде живот и го крепи неговото суштествување, да го отстрани од тој погрешен пат и заедно со него да ја прими со воодушевеност борбата, најавена од својот единствен изразител на бившата револуционерна организација, која единствено ги изразувала и изразува интересите и тежнењата на македонското население.\nТоа го велиме не во името на некаква борба за преземање на братствата и комитетите. Ниту пак сакаме ниту препорачуваме борби од таков вид, отежнувајќи го животот и спокојството на една братска земја, каква е Бугарија, и по таков начин да го компромитираме одново идеализмот на борбата околу македонското дело.\nПод знамето на Македонската револуционерна организација, а во ликот на нерасипаните од времето остатоци можат и треба да се наредат сите и без секаков шум. При мнозината да минат и помалкуте. Не преземајте, туку изоставете ги и не се подавајте на новите лажни автономисти. Пазете се од псевдоавтономијата и членовите на комитетите, како од секоја заразена рожба уште од утробата на својата мајка.\nЗа принципот на самостојното суштествување на Македонија и за борбата околу неа повикана е, како порано така и сега, да дејствува единствено само бившата револуционерна организација и таа е едина во состојба да им ја даде на борбите, а и на самиот принцип, онаа содржина, која ќе може да им гарантира доволно кредите пред македонскиот народ и да создаде надежни перспективи за успех пред мировната конференција. Секакви други ''„претставителства на автономни идеи“'' можат само да му напакостат на нашето дело и да го спречат неговиот успех, да ги осуетат надеждите на еден народ, кој нема желба за туѓо владение и кој истовремено жедува за вистински мир на Балканот, за прекинување еднаш за секогаш на непријателствата и зависта меѓу Балканските народи.\nАпелијарќи кон македонскиот народ и кон македонската емиграција во Бугарија да ни ја дадат сета материјална поткрепа, како и да поднесат нужни материјални жртви за довршување на започнатото дело, се сметаме среќни да соопштиме дека уште пред да го зарегистрираме нашето формално разбирање и да се соединиме за општа борба, ние успеавме заеднички да ги поднесеме пред надлежните места и лица следните барања, кои веруваме оти наполно одговараат на чувствата и волјата, како на населението внатре во Македонија така исто и на изгнаниците, надвор од нејзините граници:\n1. Македонското население, без разлика на вера и народност, после сето ова што го преживеа, установи свесно и со желба неговата земја да се запази цела и неразделна како самостојна политичка единица на Балканскиот Полуостров, а во нејзините природни географски граници врз базата Солун да биде општ центар, па Вардарската долина Скопје и Битола со нивниот стопанско-економски грб. Тој свој стремеж да заживее спокојно и слободно, македонското насление е готово да го потврди преку плебисцит, на кого ќе бидат изолирани заинтересираните административни власти.\n2. На така формираната држава да и’ се даде самоуправа со полна еднаквост и еднакви права на сите народности без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни и политички институции, кои би могле да возбудат кај која и да било од нив сепаративни аспирации.\n3. Додека се формира и зацврсне внатрешно и додека наполно се изживеат скоро стивнатите непријателства и страст и за да заживеат во мир и братство, доволно е само да се ослободат од надворешен уплив; идната самостојна Македонија ќе треба да добие солидна меѓународна гаранција за својот постојанен неутралитет и да биде под меѓународна заштита против секакви завојувачки стремежи од надвор, за да би могла при така гарантирано суштествување да го заземе своето скромно место, ако такво и’ биде определено, во идното семејство на народите.\n4. Подржајќи ги горните барања, македонското население не се раководи од непријателско чувсвто, туку од жед за живот и мир. Кристализирани одамна во својата национална физиономија ниедна од народностите во Македонија не сака завладување, ниту распарчување на една земја, која по одделувањето од Турција, си издигна внатрешни трговски центри како Скопје и Битола, кои отстапуваа само на нивните столици.\nВо овој случај македонското население при својата целост стана жртва на една балканска политика, која го фрли целото население заедно со неговите собраќа во катастрофално самоистребување, и сега искрвавено, разорено и преживело два пати од таква бесплодна политика, се наоѓа пред неопходноста да ликвидира со неа еднаш за секогаш и да заживее самостојно, само за себе и во мир со братските балкански народи, во колку владите ќе ја сметаат Македонија како постојанен и рамноправен фактор на Балканот.\nАко се овие барања стварни на нашите браќа таму и овде, ако се тие желби на населението во Македонија, а така и на емиграцијата во Бугарија, и ако ние потпишаните сме си подале рака братски во името на еден народен идеал и решиле здружно да одиме до крај, тогаш ги имаме својствата да ја претставуваме бившата револуционерна организација и да и’ служиме верно, и затоа дајте ни ја довербата своја, поткрепете нѐ. Ние ќе се помачиме таа организација одново да се издигне на свои нозе со сите запазени сили. Помогнете нѐ и бидете готови да ја поткрепите секој момент, а особено кога ќе и’ се наложи да даде погодна форма на нерасипаните народни сили, за да ги управи кон задатоците и нуждите на иднината, па каква и да била таа.\n9 Март 1919 год.\nЃ. Петров\nП. Ацев\nТ. Делимиров\nМихаил Ив. Герџиков\nТаско Спасов (серски)\nАнастас Лозанчев\nДимо Хаџи Димов\nДимитар Икономов\nХристо Јанков\nКрсто Лјондов\nН. Пушкаров\nПротојереј Тома Николов\nЧудомир Кантарџиев\nРизо Ризов\nГ. Скрижовски\nПетар поп Арсов\nПавел Христов\nЛука Џеров\nАргир Манасиев\nХристо Стојанов и др.\nОвој ''апел'' беше отпечатен во илјади екземплари и растурен во Македонија и меѓу емигрантските кругови од оваа и онаа страна на океанот. Се приготви и ''петиција'', која се врачи на генералот Кретиен. Апелот беше преведен на туѓи јазици и наедно со другите материјали, испратени од привременото претставителство предизвика силен впечаток меѓу делегатите на мировната конференција. Поради многу други прашања македонското прашање се одлагаше како второстепено, но заради неговата природа живо се коментираше меѓу општествените кругови.\nВо своето писмо од 19 април 1919 година ополномоштениот Павел Христов пишува до привременото претставителство да се воздржи и да не паѓа во очајание. Тој го соопштува големото задоволство од подадената петиција до генерал Кретиен и од објавениот апел на обединетата организација, потпишан од видни бивши револуционери, дејци против османлиите. Тој соопштува дека со македонското прашање се занимаваат скоро сите позначајни делегати а особено Англичанецот Баучер, којшто дури имал и приготвен пројект за автономијата на Македонија.\nЕдно е јасно, вели Павел Христов, а тоа е дека за автономијата, за која порано нејќеше никој ни да чуе, сега почна за неа да се зборува, а особено сериозно да се разгледува од америчките кругови.\nСоопштувајќи го ова не ја прикрива трескавата дејност на грчката дипломатија, која имаше голем уплив меѓу тогашните француски официјални кругови.\nПротив таа дејност тој го противстава планот за автононмијата на Македонија, изјавувајќи: „Една Македонија, издигната во автономна и неутрална држава, со Солун како слободно пристаниште, би ги имало следните предности:\n1. Да служи за општо ползување кон морето на македонските соседни држави;\n2. Да ја игра улогата на тампон држава меѓу Грција и Бугарија, вековни непомирливи непријатели;\n3. Да го ограничи патот кон Цариград и по таков начин да премавне секаков обид за враќање кон Византиската империја;\n4. Да го осигури интернационализирањето на Св. Гора, досега општо светилиште на православните;\n5. Да ги запази интересите на многубројното староеврејско население во Солун (околу 80.000 души);\n6. Да ги осигури важните огништа на францускиот и католички уплив, кои постојат во Македонија и кои при една поделба ќе треба да изгаснат и исчезнат;\n7. Да послужи како пример на една идна конфедерација на балканските држави.\nНа овој план, Павел Христов, ја моли редакцијата на организациониот билтен да му даде гласност како предмет, кој ќе се расправа за создавање на една нова Швајцарија на Балканот, или на Македонска република, автономна и неутрална.\nПротив еден таков план и воопшто против секаква агитација за автономија на Македонија, како грчката така и српската делегација силно реагираа. Особено одлучно се воспротивија против тезата „Македонски Бугарин“ и изведоа теорија спрема која што се изведе дека националниот усет на Македонците е растегнат поим и безразличен кон туѓите пропаганди.\nОд таа теорија ополномоштениот Павел Христов доаѓа до заклучок дека тоа води кон најлошото за нив, кон заклучок дека Македонците треба да имаат своја самоуправа и дека, ако е таа теорија вистинска, тогаш принципот – Македонија за Македонците ќе биде најпригоден за приемање. Како одговор на сето тоа привременото раководство му испрати писмо до ополномоштениот со следна содржина:\n„До благовејниот отец Павел Христов, Париз.\nИзненадени сме од радоста за добрите вести кои ни ги соопштивте, па затоа и побрзавме да Ви ја искажеме својата длабока благодарност за сѐ што извршивте и продолжувате да го вршите во заштита на нашата кауза. Ние не отстапуваме и постојано сме со своите желби и чувства, но она кое Вие така вдахновено и со таква неискажана усрдност го пројавивте во својството на наш полномошник, особено нѐ возбудува, и дека нашите чувства кон Вас нема да се намалат ниту за влакненце од својата сила и при најнесретното разрешение на нашето прашање. Вие сте нешто повеќе од син на својата татковина и таа ќе Ве има како таков, та и што и да стане со неа. Од нејзино име Ви благодариме!\nПо однос линијата на Вашата престојна дејност ние сме наполно согласни. Особено многу се радуваме дека сте по однос на нашето прашање во врска со хумани и големи научници и општественици, среќно групирани околу незаборавливиот филантроп и заштитник на малите народи, г. Баучер. Ние си позволуваме од далеку да го поздравиме, оти во негово име и во името на нивните благородни лица ние гледаме нова морална сила, која ќе Ви потпомогне да внесете повеќе светлина и повеќе правда во нашето прашање.\nБлагодарете му нему лично од наше име, благодарете им исто така и на сите негови соработници, молејќи Ве истовремено на идната просветна и спроведлива преценка и да ги поднесете полуизложените наши податоци и декларации по прашањата, кои така благосклоно ги проучуваат, а кои ја засегаат иднината на еден многу несреќен народ.\nВо својството како претставители на обединетата бивша македонска револуционерна организација во Македонија, должни сме преку Вас да го известиме надворешниот свет и претставителите на културното човештво, со кое судбината Ве собрала за следните работи:\n1. Во тек на неколку месеци успеавме да ги сплотиме сите македонски бегалци во Бугарија и населението во Македонија под знамето на самостојно суштествување на Македонија при полна географска и економска целина и под полна заштита на Лигата на народите.\nСплотувањето на вчерашните и денешните изгнаници на Македонија, макар и при големото ограничување на печатот и собранијата, стана брзо заради единствената причина дека на чело застанаа дејците од некогашната ВМРО, кои одново го поставија македонското прашање на дневен ред, таму каде го беше оставила организацијата.\n2. Ние ги изобличуваме сите јавни лица и групации во Бугарија, кои од името на Македонија аспирираат на „национално обединение“, т. е. за присоединувањето на извесни македонски делови кон Бугарија.\n3. Ние ги изобличивме исто така и сите оние дејци кои со најформални дејствија се отстранија од револуционерниот пат и помогнаа судбината на Македонија да се сврзе со каузата на Бугарија.\nИзјавувајќи го горното ние Ве молиме да го изложите на г. Баучер и на сите пријатели на вистината и правдата дека идеата за автономија на Македонија кај нас е продолжение на идеата на нашата бивша ВМРО и дека таа идеа не е преодна состојба, наложена од случајни прилики, туку е природен излез за турање крај на едно тешко и крваво минато и за полагање основа на почеток за зближување на балканските народи и држави.\nСакајќи искрено од Македонија да направиме една држава, која ќе создаде најсрдечни односи меѓу балканските народи, ние се поклонуваме пред Вас сите, кои се борат за тој идеал:\nПримите ги, Ваше благовејнство, изразите на нашите болки, симпатии и вечна оданост“.\nПривременото претставителство на организацијата не обрна внимание на подигнатото прашање во писмото од Павел Христов по однос тезата ''„Македонски Бугарин“''. Таа теза е резултат на пропаганда и близост со Бугарите, нивното взаемно дејство, политичко и економско налагање и налагање на надворешни и внатрешни фактори во минатото, во единството на територијата на Бугарија и Македонија, управувана од султан, која се беше врезала во свеста на некои Македонци, што не и’ обрнува внимание верувајќи дека карактерниот белег на нацијата лежи во еднаквите економски и политички врски, во територијата и во внатрешната власт на независноста на Македонија, кога таа ќе биде слободна. Таа теза „Македонски Бугарин“ – при така комплицираната положба, македонските револуционери и непосредно по свршувањето на Првата светска војна и положбата на многубројната емиграција наиде на прием во Бугарија, та не можеа да војуваат против неа како што се случи подоцна по извршените многубројни политички убиства и по избиструвањето на етничката идеолошка битност на Македонците. Но таа теза беше пак важна и судбоносна за делото на Македонија, зошто се шпекулираше со неа од страна на Бугарија и зошто во нејзината состојба дипломатијата гледаше вратичка на бугарската империјалистичка и анексионистичка политика, преку која би се промакнала при даден повод а во друга политичка ситуација, македонските револуционери борејќи се за политичкото ослободување на својот народ и поради неблагопријатните услови на борбата не обрнаа внимание на изјавите на ополномоштениот Павел Христов по тие прашања и за шпекулација по тезата „Македонски Бугарин“, вршена од страна на бугарските управници, и не се искажаа откриено. Политичкиот момент не позволуваше да се отпочне откриена кампања по однос на тоа важно прашање, но и без тоа емиграцијата започна целокупно да дејствува по внатрешна македонска линија. Таа се покажа во борбата еластична и успеа да го каже својот збор по однос судбината на Македонија. Организирана во братства: Кукушко, Гевгелиско, Солунско, Битолско, Костурско, Леринско, Прилепско, Ениџевардарско, Ресенско, Дебарско, Охридско, Тиквешко и други, постојано се собираше на собори за совет. На 21 април 1919 година еден голем дел од бегалците во Ѓумурџина ја донесе следната резолуција:\n„Ние, емигрантите од Македонија, имајќи предвид:\nБидејќи главната внатрешна македонска револуционерна организација беше за големо сожаление, не само за борба против крвавиот султански режим за извојување на политичка слобода за сите потиснати народности во Македонија, но и борба, жестока и крвопролитна – за запазување на својот сопствен живот од престапните посегања на вооружените пропаганди од соседните балкански држави;\n2. Затоа што првиот сигнал за таа срамна борба во историјата на македонското движење го даде бугарската влада со создавање на така наречениот ''Врховен комитет'' во Софија, кој беше првиот обид против независноста на ВМРО и чистотата на нејзиното знаме за чистотата на македонската автономија;\n3. Бидејќи за постигање на своите државнички и котериско цели бугарските државници по однос на македонското дело ги имаа како мост неверните синови на својата измачена татковина, кои, примајќи да ги претставуваат и изразуваат желбите и волјата на бугарските управници, како желби и волја на Мекедонците.\nРЕШИВМЕ:\n1. Го поздравуваме ''привременото раковоство'' на обединената ВМРО и прифатената од него патриотска иницијатива да води борба за ослободувањето на Македонија и ја искажуваме нашата сестрана готовност за поткрепа во борбата до крајно реализирање на издигнатата лозинка – ''Политичка и самостојна Македонија''.\n2. Го задолжуваме привременото раководство во организациониот ''Билтен'' да одделува повеќе место за окарактеризирање на престапната улога на продадената македонска интелигенција.\n3. Го покануваме привременото раководство да апелира кон прогресивните партии, кои се способни да се абстрахираат од своите котериски цели, да ги потпомогнат неговите усилби во борбата за извојување слобода на Македонија и нејзиното оформување како независна политичка единица.\nСлични решенија и резолуции, а особено за идејната и материјална поткрепа на привременото раководство се донесоа насекаде и од сите емигрантски центри на македонската емиграција и македонското население под бугарска власт (Пиринска Македонија). По таков начин се издига угледот на раководството во очите на самата емиграција.\nВо месец јули 1919 година Македонското-румунско културно друштво, верно на идеите за слободна Македонија, испрати до мировната конференција во Париз мемоар, со следната содржина:\n„За време балканската војна (1912-13) Македонското-румунско културно друштво, чие седиште се наоѓа во Букурешт, кое секогаш беше толкувач на националните аспирации на румунските елементи од другата страна на Дунав, пред кабинетите на големите сили ја подржаше идеата за создавање на една автономна Македонија, како единствено справедливо решение кое би могло да се даде на така комплицираниот македонски проблем. За секого, кој би можел и сакал да води сметка за различните национални групи во таа земја и за нивното мешање на места, кои тешко можат да се разграничат, само автономијата може стварно да ги пресече желбите на другите и да го запази на сите слободниот развиток на нивната „етничка индивидуалност“.\nИзложувајќи ја стварната положба на Македонија се подвлекува приемливата формула за разрешување на македонското прашање и се настојува пред конференцијата за мир да се остави Македонија на Македонците.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_III._%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D0%BE_%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_1918_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0", "word_count": 5348, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10120", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XVI. Курсот и теророт по внатрешна линија", "text": "Гестаповски методи на дејство. Германското и советското влијание во Бугарија се судруваат. Образувањето на концлагерот „Рибарица“. Образувањето на концлагерот „Гонда вода“, „Крсто поле“, „Свети Наум“, и „Св Кирик“. Средногорската блокада. Убиството на генерал Луков, на директорот на полицијата полковник Пантев и ренегатот „социјалист“ Сотир Јанев. Животот во логорот „Крсто поле“. Смртта на Цар Борис, Појави на отпор во Бугарија.\nЗацврснатото германско влијание во Бугарија преку систематското ориентираната трговска политика кон Германија се беше расклатило. Штрајкот на тутунските и текстилните работници во м. мај истата година ги испомеша фашистичките деветнаестомајски норми. Царот се исплаши. Ова означуваше откриен бунт на работниците, кои со штрајкот докажуваа на целиот свет дека во Бугарија воопшто не е мирно, дека е расклатено внатрешното народно единство спрема германските војски, за кои владиниот печат пишуваше, оти бугарскиот народ ја сака германската војска и дека од победата на III Рајх тој го очекува разрешението на сите прашања од економска и политичка природа. Народот не се воодушевуваше од германската брза победа на западниот фронт. Тој не веруваше во германската победа, а своите очи ги обрнуваше кон многу саканиот „дедо Иван“. Интернирањата на оние, кои бараа сојуз за заемна помош помеѓу Русија и Бугарија, не дадоа некаков резултат. Цар Борисовата влада тогаш презеде построги и порешителни мерки за да го сочува крвавото германско влијание во земјата. Копирајќи го Хитлеровиот режим се организира првиот концлагер во с. Рибарица. Со германско посредништво и помош навреме беа започнати преговори и се бараше дел од Добруџа, кои незаконно и насила го беа зеле румунските империјалисти за време на Балканската војна. Тогаш Хитлер ја принуди румунската влада да го отстапи бараниот дел од Добруџа кон Бугарија. Но тоа не го приврза бугарскиот народ кон политиката на цар Борис, кој го зацврснуваше германизмот во Бугарија а поради тоа и се заоструваа внатрешните односи во земјата. Во Егејска и Вардарска Македонија, кои беа под големогрчка, односно големосрпска власт, по идењето на Германците во Бугарија се јавија незадржани револуционерни противгермански, противбугарски и антиимперијалистички акции што добија карактер на востанија. Масовните убиства што ги бршеше власта имаа чисто гестаповски карактер. Царот сакаше по секаков начин да создаде кај бугарскиот народ расположение за вооружана борба на страна на германците, откако преку својот сервилен агент лакеј министерот претседател Богдан Филов, ја беше вклучил Бугарија во ''Тројниот пакт''. Бугарскиот народ заедно со македонската емиграција во Бугарија и Македонците од Пиринска Македонија, која се наоѓаше под бугарската фашистичка власт реагираа остро и почнаа да организираат отпор против јасната тенденција на предавниците филовци кои сакаа да го заблудат народот и да го исползуваат за борба против неговите ослободители. За да биде парализиран отпор против политиката на владата за создавање омраза против братскиот руски народ, цар Борисовата влада организира концлагери, така наречени од него „живеалишта на државната безбедност“. Такви „живеалишта“ беа организирани во „Гонда вода“, „Крсто поле“, „Св. Наум“ и „Св. Кирик“. Во 1941 година владата го отвори логорот „Гонда вода“. Првата група од маркираните жртви беа испратени таму, а другите беа испраќани по селата каде се потпишуваа по неколу пати на ден. Се интернираа и жени во „Св Наум“. Најстроги контролни мерки беа преземени против оние што беа испратени во логорот „Гонда вода“. Командантите и другите помали началници го влошуваа режимот. Тие ги крадеа прехранбените артикли што ги отпушташе државата, како и оние што им ги испраќаа домашните. Додека беше командант Чернаев, положбата во логорот не беше толу тешка. Чернаев беше далаверџија, а ова го правеше посносен животот на логорците. Но во м. јули 1941 година избегаа од логорот Антон Југов (денешниот министер на внатрешните работи б. н.), Никола Павлов (Комара), Борис Копчев, Раденко Рангелов и Емил Марков. Во врска со ова бегство животот во лагерот се влоши и стана несносен. Чернаев беше сменет, а на негово место дојде за командант на логорот некој си лудак Дамјанов. Тој лудак го направи логорскиот живот уште понесносен. На логорците им забрани да излегуваат од логорските простории. При еден обид на убиство падна жртва народниот пратеник Аврам Гачев од Варна. Поради тоа што во зимата пресуши водата во логорот, логорците беа префрлени во „Крсто поле“.\nВо „Крсто поле“ беа собрани 2.000 души, а живееја во седумте казармени простории, направени од Грците. Во м. октомври 1941 година оставен на милост и немилост умре, во Ксантиската болница, софискиот адвокат Коста Веселинов, кој беше одведен на операција од слепо црево. Ова го потцрта и неговата другарка, во некрологот, што ја одбележи неговата смрт.\nПо смртта на Коста Веселинов следеа и други жртви. Во декември 1942 година, тешките услови на животот во логорот зедоа уште една жртва. Умре, лишен од медицинска помош, младиот кондураџиски работник Стефан Миленков. Црвениот поп кој се наоѓаше во логорот, по повод смртта на Миленков напиша стихови што ги пееја логорците.\nТака беа изолирани чесните и револуционерни народни синови. Се најдоа други, кои со пушки в раце отидоа во горите, протестирајќи против предавството на татковината и народот. Владата се заплаши од појавувањето на четништвото во селата и планините. Таа ја организира ''„Средногорската блокада“'' со цел да го уништи партизанското движење. Дваестодневната блокада на средногорието не го исплаши народот. Напротив, народот излезе од таа блокада очеличен, а партизанското движење се засили.\nВо м. февруари 1943 година Бугарија беше активно влегла во војна. Народот се наоѓаше пред една внатрешна опасност, слична на онаа што ја преживуваше румунскиот народ пред да ја заземе власта генерал Антонеску. Софија се спремаше за авантура. Обединетите народи, кои војуваа против фашизмот, беа спремни да и’ одговорат со двојни сили на Софија. Тие знаеја кој е бугарскиот генерал Антонеску што се готвеше да ја земе власта и да направи авантура објавувајќи војна на СССР. Зад бугарскиот Антонеску – генерал Луков, стоеше царот. Пред очевидната авантура на генерал Луков, влафата нареди да се евакуира Софија, а за таа цел отпечати специјални декларации. Веста дека Луков ќе дојде на власт, создаде паничен страв кај софијанците од бомбардирања на Софија.\nПровокаторот Луков ги изложуваше софијанците на смртна опасност. Но, една вечер изненада се разнесоа пушчани истрели. Луков беше убиен пред неговата сопствена куќа. Убиството дојде како гром од јасно небо. Народот го коментарираше убиството на Луков: „Луков е убиен по заповед на царот“. Царот умееше да се пратстави како миротворец пред простите народни маси и кај некои од интелигенцијата кои влијаеја, се од собитијата, какви ги имаше во логорот „Крсто поле“, кои веруваа дека царот е способен да ја промени политиката и да тргне во војна против фашизмот. В. „Слово“ пишуваше: „Падна утрешниот власник Луков“, но, поради тоа што не даде никаков коментар, кој го уби Луков фашистите се смутија. Фашиските легионерски кругови се наежија еден спрема друг. Тие не разбраа зошто и кој го уби генерал Луков.\nУбиството на Луков го измени расположението на софијанците. Додека целиот град се спремаше да ја напушти Софија, со убиството на Луков тој стремеж се изгуби. Народот интуитивно разбра дека со убиството на Луков Софија е спасена.\nУште Луков не беше погребен, кога радио Лондон јави дека е тој убиен од верните народни синови.\nПо убиството на Луков, на 3 мај 1943 година беше убиен и бившиот директор на поплицијата, полковник Пантев. Пантев беше автор на гестаповските методи на бугарската полиција. Концлагерот „Рибарица“ беше негово дело. Тој беше творецот на фашистичките методи за мачењара во концлогорите. Неговото убиство се сврзуваше со убиството на Луков и се припишуваше на царот. Од уста до уста се пренесуваа разни вести помеѓу необавештените луѓе. „Дека царот разбрал за некаква тајна, која има за цел да ги скрши неговите прерогативи, или дека царот имал намерение да ја промени својата политика за да не испрати војска на рускиот фрон, поради тоа што гледа дека Германија ќе ја изгуби војната, та брзаше да се ослободи од германофилските генерали“.\nТаа легенда се засили уште повеќе кога падна убиен и претседателот на надворепната политичка комисија, бившиот социјал ренегат Сотир Јанев, кој водеше жилава пропаганда против сите оние, кои се бореа за слобода и демократија.\nРадио „Лондон“ одговори дека сите три убиства се народно дело, за да се спаси од катастрофата, оти преку тие убиства народот се спремаше да ја оневозможи авантурата на директно и активно мешање на Бугарија во војната против Русија, испраќајќи бугарски војски на рускиот фронт. Дури сега им стана јасно на фашизираните легионерчиња зошто беше убиен Луков, Пантев и Сотир Јанев, и се зафатија со сите сили да ги пронајдат тие така смели и судбоносни за бугарскиот народ убијци.\nВо врска со убиството на полковникот Пантев, полицијата и војската ја блокираа Софија на 3 мај 1943 година и извршија претрес, кој траеше два дена и две ноќи. Како резултат од ова многу работници, лекари, инжинери, адвокати, судии, резервни офицери, поети, публицисти, беа интернирани во „Крсто поле“.\nЗа тоа време царот создаде „народен парламент“. Народните пратеници, слепо се покоруваа и тие ги одобруваа сите предлози од Министерскиот совет, оти знаеја и веруваа дека тие се диктираат од царот.\nВесниците „Зора“, „Слово“, „Днес“ и „Вечер“, како и сите други неделни листови викаа „осана“ на сервилноста, ја труеја народната свест, а пред света на младината со „бранически идеологии“, и се натпреваруваа со славопојките за Хитлера и германското оружје, специјално за она прославеното ново оружје, со кое Рајхот сакаше да ја скрши силата и мошта на обединетите народи. Но, со славопојките на Хитлер се насрчуваше и канибализмот. И Габровски настојуваше да ги уништи антигерманските сили, за која цел беа организирани вартоломејски ноќи. Царот вознемирен од растењето на народната свест за борба против фашизмот, лично ја помагаше гестаповската психика на стагнација и интернирања и практично ги помагаше гестаповската психика на стагнација и интернирања и практично ги помагаше гестаповските методи за уништување на вистинските наордни синови, борци против фашизмот. Весникот „Слово“ на 15 март отпечати статија со курзивни букви под наслов: „Припитомени ѕверчиња“. И бидејќи беше целиот народ оквалификуван како ѕвер, по статијата значеше дека целиот народ треба да биде исклан. На сите овие што се бореа против фашизмот не треба да им се верува, дури и тогаш ако се покајат, т.е. (ако се исплашат и капитулираат), дури и ако пријдат кон власта, тие пак треба да бидат убиени, независно од тоа дека тие би викале „Ура“ и „Да живее Бугарија“.\nСтатијата на в. „Слово“ беше резултат на предлогот од Габровски да се избијат комунистите. В. „Слово“ чинува збор за оние комунисти кои ќе капитулираат, а на кои им велеше: „припитомени ѕверчиња“. Припитомувањето е апсурдно и весникот „Слово“ продолжува . . .“ Со таква манија можат да живеат индиските махараџи или некои богати разгалени жени, но таква манија е туѓа на државната власт, особено денеска кога секој граѓанин треба да знае, дека ѕверот останува ѕвер, колку и да го припитомуваш, а покрај това, тој е и итер. Понекогаш тој станува посимпатичен и од мало маче, подобродушен и од јагне, но, тоа е само преправање и измама. Порано или подоцна ѕверот ќе си ги покаже забите. Правилно е на време да се испраќа ѕверот во зоолошката градина или да се уништи . . .“\nТака пишуваше весникот „Слово“.\nПолициските агенти бараа причини за апсење. Крапчевците, Бадевците, Кожухаровците, Далкалчевците и сите продадени души распируваа омраза разединувајќи го народот.\nПо улиците се лепеа плакети со противанглиска содржина. Се гонеа сите оние што слушаа радио „Лондон“. За оние што слушаа радио „Москва“ се изјавуваше откривено, дека за нив треба направо куршум.\nЕден стар пензионер беше фатен во паркот „Св. Никола“ и интерниран, затоа што гледајќи ја сликата во в. „Зора“, како еден Германец се мачи да напика една мечка во вреќа рекол, дека мечката не влегува во вреќа.\n- Стани и тргни со мене, дедо, јас сум агент од дирекцијата на полицијата – му рекол на старецот еден млад човек што стоел близу до него. Тој го поведе со себеси, и навистина му докажаа дека мечката може да влезе во вреќа.\nНо никој веќе не се плашеше од логор. Во 1942 година животот во логорите беше многу тежок. Во пролетта избегаа тројца од логорот „Крсто поле“, а командантот на логорот Милчо Милчев побесне од мака. Тој ги изолира казармените простории, забрани секаков допир и смртно ги претепа сите началници на групите во логорот. Но постепено, безаконието што владееше во логорот го снема, теророт се намали. Односот на стражата и командантот на логорот кон лагеристите се промени и од влијанијата на фронтот, т. е. од победоносниот од на Црвената Армија.\nИнтересен беш животот во логорот. Едно времено беа организирани и работилници од сите брнаши, имаше кондураџии, дрводелци, шивачки и други работилници. Вајарите беа изработиле бисти на многу луѓе. Постоеше и градинарска група, која се раководеше од интернирани агрономи. Имаше и група за делкање на камен и печење на вар. Бидејќи казармите немаа ограда, беше наредено да се делка камен и направат варџиници. Логорците требаше сами да направат ѕид околу казармата за да не можат сами да избегаат. Ѕидот го ѕидаа логорците под полициска стража. За 2.000 логорци беше отпуштен кредит за храна. Но, храната не беше доволна. Сите отпуштени продукти не се клаваа во казанот, а ги крадеше командантот направо преку добавувачот. За да би се исхраниле логорците, организирана беше во логорот мала продавница со столчиња. Ова продавница играше важна морална и политичко-воспитна улога за создавање усет и смисол за колективен живот, за потпомагање и зацврснување на единството во логорот. Логорците живееја во седум казармени простории, направени од Грците за потребата на грчката војска што ја чуваше „Метаксасовата линија“, која не беше многу далеку од границата. Логорците беа разделени по просториите во кои живееја во групи по 200. Секоја група се делеше на одделенија од по 4-5 логорци, а со тоа се образуваа така наречените столчиња. Столчињата можеше да се состојат и од 10 души. Тие беа основните домаќински јатки за самопомош. Столчињата си имаја своја кујна и своја каса за самопомош. Столчињата беа потчинети во одделенијата на групата. Кога ќе му дојдеше на некого пакет или пари, тие се процентуваат од одделението со 20% а потоа се даваат во општиот склад за продукти, односно во општата парична каса. Парите и продуктите се употребуваа за општи потреби и за специјална помошт во случај на болест или други политички потреби. На секој болен, на секој новодојден веднага му се даваше помош. Логорската продавница ги продаваше продуктите по високи цени, оти таа се снабдуваше по рушветџиски пат. Логорците имаа редовни врски со надворешниот свет. Нивната врска се викаше „антена“. Многу се внимаваше за воспоставувањето и исправноста на „антената“. Важна улога за исправноста на „антената“ играа водарите и добавувачите на продукти. Претстоеја сите можности за читање и сестрано просветување. Се пишуваа разни творби, се држеа предавања и се организираа весели приредби. Теророт како што кажавме беше намален, а логорците го ползуваа тоа и, се разбира, претпазливо читаа, криејќи ги книгите од полицијата, која поретко влегуваше во просториите.\nВо логорот имаше и така наречени едноличници. Едноличниците беа остатоци со буржоаски карактери и воспитание – карактери кои не можат да се соживат со колективниот живот, каприциозни. Поради тоа на таквите луѓе им се даваше одделно помош од средствата на општиот склад, а и парична помош од општата каса, за да си купуваат продукти од логорската продавница.\nТаков беше почетокот на колективниот живот во логорот. Така беше решено материјалното прашање во логорот. Со разрешување на материјалното, се реши и духовното прашање. Културно-просветната работа како и физичко воспитување се засили. Младинците беа организирани во спортски групи. Се најдоа и топки за фудбал. Се организира натпреварување за рекорден скок во висина. Се организира натпреварување за рекорден скок во висина. Беше организиран и џез-оркестар. Имаше и пеачи кои пееја народни песни. Се држеа разни предавања и тајни лекции. Верата во победата на Црвената армија беше голема. Логористите се воодушевуваа од партизанското движење во Југославија под раководството на КПЈ и другарот Тито. Тие беа сигурни во победата над фашизмот. Легендарниот Тито им вливаше нови сили и верба во разгромот на фашизмот на Балканот.\nВо летото го посети логорот директорот на полицијата Антон Козаров. Од името на логорците кај Антон Козаров се оплака Борис Лозанов, изнесувајќи дека спијат многу на тесно, скоро еден врз друг. Тој одговори дека ќе ги раздели, а во исто време кажа дека е задоволен од вниманието што им се посветува на логорците, оти надвор од логорот животот не би им бил многу сигурен.\nМладинецот Благој од Прилеп се оплака дека е интерниран без кривица. Молчи — опнато му одговори директорот — вие младинците од Прилеп наместо да не пречекате со сол и леб — не пречекувате со куршуми.\nНекои селани од село Богомила — Велешко го прашаа зошто се интернирани во логорот и кога ќе се ослободат. — Благодарете му на бога што сте живи — им одговори директорот. — Вие давате леб на шумкарите. Седете тука, вие не сте за во село.\nВо м. август 1943 год. стана преместување на логорците, тие што ги одведоа во манастирот „Св. Кирик“ се оплакуваа од влошениот режим. Асеновградскиот околиски началник Димитров си ги покажа роговите и почна да ги измачува логорците. Со цел да ги предизвикаат и ужалат на некои од логорците им ги истригоа брадите. Ја забранија употребата на термините: „д-р“, „адвокат“, „писател“, „публицист“, „журналист“, „аптекар“, „другар“ и сл., а наместо тоа им кажаа дека тие не се ништо друго, а логорци и нека се обраќаат еден кон друг со: „еј логорец“. Измачувањето се засили кога дојде на власт Дочо Христов како министер на внатрешните работи. Откога антифашистичките борци го убија околискиот началник, логорците во „Св. Кирик“ мислеа дека ќе се засили теророт. Но, убиството на тој садист — началник даде токму обратни и неочекувани резултати. Командантот на логорот омекна како памук, а стражата речиси мина на страната на логорците. (Види в. „Доброволец“ бр. 9—19 од 1946 година).\nВо тоа време партизанското движење растеше. Дочо Христов ја бодреше буржоазијата, што се беше исплашила од напредувањето на Црвената армија во 1943 година, и од народното движење против германскиот окупатор и неговите слуги во Југославија и Бугарија. Германскиот гестапо го поткрепи својот верен палач – Дочо Христов. Неговата полиција блокираше цели села, ги палеше куќите на партизаните и нивните сомишленици. Но народот не се уплаши.\nКога владата виде дека Дочо Христов не може да го уништи народниот отпор и против фашистичкото движење, особено во Македонија, таа илузорно мислеше дека хирургот Станишев како Македонец ќе може да ги убеди Македонците за да ја прекрати борбата. Штом Станишев стана министер, тој даде една изјава, која многу им се бендисуваше на големобугарите. Тој изјави: „На земјата нема сила, која би можела да ја оддели Македонија од Бугарија“. Со ова тој уште повеќе ги озлоби Македонците, кои имаа веќе формирани народно-ослободителни бригади, и дејствуваа под генијалното раководство на Тито.\nСо тие и таквите изјави Станишевците наполно се беа компромитирали.\nНа 28 август 1943 година умре цар Борис. Во врска со неговата смрт се пуштија разни слухови. Се зборуваше дека бил убиен во Берлин и донесен во Софија со авион. Некои велеа дека бил убиен во дворот. Никој не мислеше дека умрел од сопствена смрт. Вистината за неговата смрт беше сосем друга. Германците никогаш не би убиле еден свој верен агент на Балканот. Никој од него поарно не ја спроведуваше империјалистичката политика на германските индустријалци и капиталисти, а штом е така тогаш немаше зошто да го убијат Германците.\nКоментарите во врска со смртта на цар Борис стивнаа тогаш, кога го изнесе Работничката партија (к) своето мислење, изразено во вид на прашања и одговори, кое се содржи во следниот ''манифест'' кон бугарскиот народ:\nБугари и Бугарки!\n„Умре цар Борис III. Околу неговата забулена мистерија и неговата таинствена смрт, владата и нејзината пропаганда се зафатија на широко да ги истакнуваат неговите заслуги кон бугарскиот народ, како цар „ослободител“ и „обединител“.\nНе е важна непосредната причина на неговата смрт, Цар Борис умре под тежината на престапите, што ги изврши тој спрема бугарскиот народ и противречноста на неговата политика, која ја водеше земјата до разгром и катастрофа, а него го испратија во гроб неговите инспиратори.\nКој беше цар Борис и што донесе на бугарскиот народ?\nПо Фердинанд, кој е крив за две национални катастрофи на Бугарија? Цар Борис, како достоен син сесрдно ја продолжи престапната и предателската политика на својот татко.\nЦар Борис беше тој, кој во тек на 25 години беше идеолог, организатор и исполнител на сите реакционерни заговори против правдата и слободата на бугарскиот народ.\nЦар Борис е оној „демократа“ кој системски ги згази сите права и слободата на нашиот народ, што беше извојувана и оставена од нашите големи народни борци за слобода.\nЦар Борис ја згази и смени конституцијата, изврши крвави и жестоки напади против бугарскиот народ во јуни и септември 1923 година, во Горна Џумаја 1924 година и во април 1925 година. Тој изби десетина илјадници работници, селани и интелектуалци – бугарски граѓани, расплака многу мајки, жени и деца и земјата ја натопи со народна крв.\nЦар Борис создаде, за време на своето царување, драконски закони, тој го забрани постоењето на сите политички, професионални и други народни масовни организации.\nЦар Борис како самозван диктатор ја грабна целата власт во свои раце, се окружи со влади кои ги сочинуваа разни предавници и авантуристи, дејствуваше како Хитлеров агент, ја продаде земјата на Хитлерова Германија и силите од оската, објави војна на Англија и Америка, ја пушти германската војска во Бугарија, и ја претвори земјата во база за агресија против балканските народи и братскиот Советски Сојуз. Ја предаде земјата политички, економски и воено, испраќајќи ја нашата армија да исполнува жандарска задача во окупираните од Германците балкански земји.\nЦар Борис остави во наследство на бугарскиот народ полна политичка бесправност, економско ропство и грабеж, глад и мизерија, жесток полициски фашистички терор, концлагери, стрелања, затвори и бесилки, фашистичката потчинетост и зависност од Хитлерова Германија и непријатно чувство кај балканските држави против бугарскиот народ, против политиката на нејзината предавничка влада, војна против Англија и Америка, опасност од пренесувањата на војната во Бугарија. Хамбургирање на нашата татковина, опасност да бидеме фрлени во војна за интересите на Хитлера, сигурен военен разгром и национална катастрофа.\nБугарскиот народ нема што да жали што исчезна главниот виновник за таквата положба, а треба да го расчисти неговото наследство.\nБугари и Бугарки!\nСо смртта на цар Борис се откри во земјата длабока државна криза.\nПредавничката и противнародната влада на Филов што ја остави во наследство цар Борис, потпрена на фашистичко-политичките банди и војската, се мачи да најде излез од кризата, прогласувајќи го за цар тукушто беше излегол од пелените внукот на Фердинанда и син на Бориса, подготвувајќи се во исто време да натрапи такво регенство, кое ќе ја продолжи престапната противнародна политика и кое ќе работи под полна контрола од Хитлера.\nТаков фашистички излез од државната и политичката криза особено при денешната меѓународна политичка положба и блиските перспективи, значи директна опасност за нашата земја од Хитлеровите орди, фрлање на земјата во војна за интересите на Хитлера, навлегување на туѓа војска, полн разгром и катастрофа. Бугарскиот народ и армијата не ќе дозволат да се дојде до тоа. Опасноста што виси над татковината, како и исчезнувањето на главниот виновник за несреќите на бугарскиот народ, треба да ги соединат сите вистински патриоти и ги дигнат во неодложна борба, тие можат да наложат свој излез од создадената криза, кој ќе одговара на денешните и утрешните интереси на бугарскиот народ. Народот и армијата, решително ќе кладат крај на праксата што ја беше водел цар Борис и кликата околу него и нема да дозволат, да се зад нивниот грб распоредува и решава судбината на Бугарија.\nБугари и Бугарки!\nРаботничката партија ве вика да се соедините под знамето на Отечествениот фронт, да се кренете веднаш како еден во најсмела и најрешителна борба, да наложите: избркување на Германците од земјата и веднаш да се прекинат врските со силите на оската – мир со Англија и Америка. Тесно содружништво и дружба со братскиот Советски Сојуз. Веднаш да се симне од власта денешната германофилска предателска влада. Востанување на вистинска народна демократска влада што ќе се потпира на народните сили, ќе востанови и ќе ги гарантира правата и слободата на бугарскиот народ. Ќе обезбеди слободно одржување на избори за Велико народно собрание, ќе ги анулира сите специјални закони и ќе обезбеди слобода на збор, печат и организирање, да ги ослободи сите политички затвореници и интернирани, ќе ги отвори границите за емигрантите, ќе воспостави слободи за сите политички партии и професионални работнички сојузи. Ќе го свика ''Великото народно собрание'', кое ќе ја определи идната форма на државната власт.\nРаботници, работнички и селани!\nКренете се како еден по претпријатијата, установите и селата, распалувајте масовно политички штрајкови и борби. Демонстрирајте по улиците и плоштадите, против противнародната влада и власт. Откажувајте да плаќате секакви даноци. Не ја давајте вашата храна и другите производи на предавничката влада. Саботирајте се што е германско или наменето за Германија. Распалувајте и проширувајте ја борбата на народните востаници. Спремајте се за смела и решителна вооружена борба.\nОфицери, подофицери и војници!\n- Надеж и опора на бугарскиот народ. Кренете с епротив противнародната влада, присоедините ги вашите вооружени сили кон силите на бугарскиот народ за спасување на татковината.\nПод силните удари на Црвената армија и под силните удари на сојузничките демократски народи се распаѓа и се урива престапното господство на Хитлерова Германија. Се наближува нејзиниот дефинитивен разгром. Ние можеме и треба да се ослободиме од натрапеното Хитлерово господство, и да ликвидираме со неговите слуги кај нас.\nНапред во борба за слобода на Бугарија!\nСмрт на фашизмот!\nДа живее слободна и независна Бугарија\nОвој документ го даваме затоа за да се види будноста на челниот одред на работничката класа – Работничката партија (к), која беше застанала на чело на антифашистичката борба, за мобилизација на бугарскиот народ против силите на фашизмот во Бугарија. Во тоа време оѕверените фашисти извршија одвратни злодела. Продолжуваа со палењето на куќите на партизаните и нивните сомисленици што ја помагаа антифашистичката борба. Во с. Баталија Софиско, беа исекле неколку глави од убиени партизани што беа паднале во една борба кај тоа село и набиени на колци ги наредија на станицата Реброво. Тоа беше врв на нечовештво, што можеа да го извршат бугарските фашисти. Вакви и слични одвратни дела фашистите извршија и на други места, тие ги мачеа фатените антифашисти и им го сечеа месото и се сликаа покрај искасапените тела. Сите тие садистички дела беа насрчувани од фашистичката власт, а извршителите беа наградувани со парична помош. Но и од ова не се исплаши народот. Борбата против фашизмот, која се одвиваше под разни форми, по штрајкот на тутунските и текстилните работници во 1940 година, понатаму продолжи со оружје в рака; таа стана составен дел од откриениот борбен фронт на вооружената херојска борба на југословенските народи, што ја раководеше другарот Тито.\nСо своите смели подвизи Тито го инспирираше бугарскиот народ на отпор, кој на 9 септември 1944 г., и со помошта на Црвената армија нанесе решителен удар на германските агенти во Бугарија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XVI._%D0%9A%D1%83%D1%80%D1%81%D0%BE%D1%82_%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82_%D0%BF%D0%BE_%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 4361, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10108", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XV. Диктатурата на цар Борис и неговата улога во Бугарија", "text": "Власта во Бугарија по 9 јуни 1923 година. Патувањето на царот во странство. Неговата политика за зближување на Бугарија и Југославија. „Вечното пријателство“. Одењето на крал Александар во Бугарија“ Убиството на крал Александар во Марсел. Кој е атентаторот? Улогата на Цар Борис во атентатот. Откриената диктатура на цар Борис. Црното предавство на цар Борис и на југословенската круна спрема интересите на своите народи.\nКога зборуваме за диктатурата во Бугарија, никогаш не треба да ја губиме од предвид улогата на цар Борис на Балканот, како таен агент на германизмот.\nНиту една бугарска влада, по убиството на Стамболиски не водела самостојна политика. Бугарските буржоаски влади на цар Борис, што се наоѓаа на власт секогаш беа кукли.\nНа 9 јуни цар Борис ја зацврсна својата диктатура и здраво ја концентрира во своите раце надворешната политика на Бугарија. Блоковата влада не можеше да го ограничи мешањето на царот во управувањето. Во септември 1933 година тој тргна низ Европа. Неговото одење беше диктирано од германските индустријалци и банкери, кои преку Хитлера ги беа измамиле и подготвиле германските работници за војна. Како претставник на Бугарија а во исто време и агент на германизмот, цар Борис мислеше дека ќе може да ја заблуди англиската јавност и отиде во Лондон. Таму тој се задоволуваше и со тоа што тераше локомотива, за да би покажал дека ја усвоил политичката техника.\nВо врска со ова лондонските весници го одбележаа бугарскиот диктатор. И кога подоцна ја предаде Бугарија во лапите на Хитлера, лондонското радио потсети, дека, додека царот беше во Лондон не правилно ја тераше машината. Лондонците предвидоа дека цар Борисовата државна машина поради тоа што тој не умее правилно да управува со неа, ќе преживее катастрофа.\nНавистина, Лондон секогаш се потпираше на крунисаните глави, оти тие им импонираат на англиската политичка система. Но Англичаните, имајќи ја во предвид улогата во минатото на таткото – Фердинанд, не му веруваа на неговиот син Борис, изјавувајќи откриено, дека тој ќе капитулира со својата германофилска политика.\nВраќајќи се од Лондон цар Борис наврати кај татко си Фердинанд, од кого прими директиви на надворешно – политичкиот курс на Бугарија.\nНа 13 септември 1933 година царот, заедно со царицата, наврати во Белград и се сретна со крал Александар. Таа средба имаше важен историски карактер, како средба диктирана од желбите на Германците, за вникнување и зацврснување своите позиции на Балканот. Желбата на царот беше да се создаде тесен сојуз помеѓу двете круни: бугарската и југословенската за заемно запознавање на круните и нивните режими што ги застрашуваше опасноста од прогресивните сили. На таа база тие се согласија крал Александар даму ја врати идната година посетата на царот во Софија.\nСоздавањето на тесен сојуз помеѓу двете круни беше возможен. Ова беше логичен резултат на насилство и одговорноста што и двете круни ја носеа пред своите народи. Во јуни и септември 1923 година, цар Борис го колеше бугарскиот народ така, како ни Турчинот не го беше клал. Ова мислење на писателот Антон Страшимиров, по однос на клањето во јуни и септември 1923 година е успешна илустрација. Но, не помал колач беше и крал Александар, кој преку својот палач Пуниша Рачиќ го уби водачот на селанската хрватска партија Степан Радиќ и неговите другари во просториите на самата скупштина во Белград и кој преку своите другари колачи од типот на Жика Лазиќ убиваше и го мачеше народот во другите краишта на Југославија.\nКрал Александар беше готов да се бакне со цар Борис. Тој тоа и го стори. Независно од настојувањето и барањето на целиот народ, единствен беше тој, што неколку години упорствуваше и не сакаше да го признае СССР. Во овој правец и за своите идни планови против СССР, тој бараше соодветен другар, на кој би можел да се потпре.\nТаквиот другар тој го најде во лицето на цар Борис. Тие, и двајцата ја суспендираа конституционата слобода на своите народи, плашејќи се од народниот гнев. По тие и по други причини се готвеше терен за зближување на двете круни. Тука, во интерес на вистината треба да признаеме дека во преговорите и расположението за зближување, цар Борис не се раковдеше од династички стремежи, и слични на крал Александровите, туку од реален усет, резултат на директивите што му беа дадени во Берлин.\nНа 28 септември 1934 година крал Александар беше свечено пречекан во Софија. На 29 септември беше одржана конференција, на која присуствуваа покрај крал Александра и цар Борис и министерот претседател Кимон Георгиев и министерот на надворешните работи на Југославија, Јевтиќ.\nЦелиот европски печат му посвети внимание за прашањето за бугарско-српско зближување, кое за времето претставуваше од бугарско гледиште и од гледиштето на мирот на Балканот најголем меѓународен настан.\nЦарските говори едновремено ги обнародуваа сите весници на словенските земји. Најголем беше интересот во Југославија и Чехословачка. Во Белград, Загреб и Љубљана, љубопитниот народ масово се собираше пред микрофоните на улиците и плоштадите, за да ги чујат говорите и свеченостите од овој сензационален настан. Југословенскиот печат беше полн со дописки од Софија. Сите весници на првите страници ги обнародуваа снимките на владеачката двојка и сники од свечаностите во Софија. Уште рано изутринта специјален авион ги разнесе снимките во Белград и Загреб. И бугарските и југословенските весници истовремено ги публикуваа и воените свечености што станаа по тој случај.\nВесникот „Правда“ ја продолжуваше својата анкета за бугарско-југословенско зближување. Во последните два броја беа публиковани интересни интервјуа со бугарски министри и некои земјоделски водачи. Во една белешка од редакцијата се велеше дека помеѓу Бугарите и Југословените не постои веќе зборот “неспоразум“, и за посетата на крал Александар во Бугарија се велеше дека е тоа историска. В. “Време“ беше целиот исполнет со фотографии од царската средба, но не даваше никакви коментари. В. „Политика“ водеше рекорд во својата информациона служба, со своите телефонски, телеграфски, фоторепортерски и други соопштенија и информации. И хрватските весници не остануваа поназад од своите српски собраќа.\nРумунскиот печат се задоволуваше само со суви соопштенија, опишување на средбата и изнесување на разните царски говори.\nТурскиот и грчкиот печат беше порезервисан. Нивните податоци од Софија беа многу куси и суви. Нив ги обеспокојуваше бугарско-југословенското зближување.\nИталијанските весници „Кориера дела сера“ и „Стампа“ незабележано минуваа пред софиските настани. Тука кипи злоба. Зад пердето се криеше нешто што никој не можеше да го види и одгатне. Ако е ова злижување реално, тоа ќе ги растури империјалистичките планови на Дуче. И Англичаните се вознемирени, но тие се тактични, хладнокрвни.\nСите дипломати пресметнуваат и во ова гледаат почеток на еден голем историски настан за Балканот со важни последици. Но на Англичаните и Французите им беше јасна причината за одењето на крал Александар во Софија.\nНародот знаеше дека овој настан не му носи нешто добро, и не очекуваше од советувењето на двете круни да донесат некакво решение во интересот на народот. Владетелите беа само на око загрижени за спасување на народните интереси, а в сушност средбата беше резултат на внатрешните политички услови и фактори за создавање на една балканска политичка група за идните политички игри и политички комбинации.\nЕте така се дојде до „срдечното пријателство“ помеѓу Бугарија и Југославија, изразено во потпишаниот пакт за ''„вечно пријателство“''.\nВечното пријателство беше оквалификувано како пријателство меѓу југословенските народи. Тоа всушност беше предавство на интересите на тие народи.\nДве агресивни и империјалистички политики на Балканот, кои се спремаа кон завладување на терен, ги раздвижија Бориса и Александра. Тие беа: италијанскиот и германскиот фашизам, од една страна, и француската политика, од друга страна. Задоволувајќи ги тајно стремежите на фашистичка Италија и Абисинија и ориентирајќи ја кон Африка, Франција ја сопре италијанската ревизионистичка политика на Балканот. Но за сметка на тоа таа бараше од Италија активна заштита на Австрија од проникнувањето на германското влијание во неа.\nТокму во тој момент, кога Англија беше готова да соработува со Франција за обезбедување на австријската независност, империјалистичката политика наложуваше дека крал Александар треба да ги посети Софија, Париз, Лондон и Рим. Тој требаше да се види за да ги ориентира своите понатамошни политички чекори со оние што ја создадоа версајска Југославија.\nКрал Александар ја ориентираше својата надворешна политика по линија на францускиот систем на управување. И тој отиде во Бугарија за да ги постави темелите на споразум за изградување на Балканот на базата на францускиот мир, востановен од Версајскиот систем на победниците во Првата светска војна.\nСојузот помеѓу Франција, Чехословачка и СССР, со тенденција да се вклучи и Англија, како и сите други земји кои немаа интерес од нова светска војна, уште не беше склучен. Франција уште ја водеше старата политика на победителите од Првата светска војна.\nНаспроти француската политика, од Берлин го ориентира цар Борис кон Белград за создавање на тесен споразум помеѓу Бугарија и Југославија, нужен за германофилските стремежи и за ориентирање на југословенските суровини кон Германија, нужни за германските фабрики.\nИтриот Германец цар Борис, ја разбра смислата на сугестијата, побрза од српскиот крал Александар и востановеното пријателство да создаде здраво оружје, нужно и згодно за германските поблиски и по далечни цели.\nНаскоро по сите средби и заимни надлажувања на двете круни, зад нивното „вечно пријателство“ и светна големата вистина. За да би се задоволила германската ундустрија со суровини, на Германија и’ беше нужна целата територија на Јужните Словени. Германските весници почнаа јавно да пишуваат дека Југославија и Бугарија за Германија претставуваат животен простор.\nНа софиската средба крал Александар не го скри својот пројект за посетување на Париз, Лондон и Рим. Него го беше обеспокоила една негова неумесна постапка. Ова неспокојство беше резултат од неговото јавно незадоволство по однос на италијанската политика во Абисинија. Во Југославија беа готови 100.000 пушки за абисинската војска. Кралот се покажа политички невешт кога помисли, дека ќе може да се разбере со Дуче по балканските прашања и кога се согласи да ја напушти Југославија и отпатува за да ги разреши лично сите нерешени прашања помеѓу Југославија и Италија. Кога цар Борис разбра за патувањето на кралот, тој тоа го соопшти на усташите, кои го пречекаа и го убија во Марсељ.\nЕте ја улогата на цар Борис во тоа убиство.\nУбиството на крал Александар беше големо политичко дело на фашизмот, во кое цар Борис ја одигра својата улога итро и подло. Разбирајќи го политичкото значење на неговото патување во Париз, Лондон и Рим, а плашејќи се од образувањето на некаков антигермански фронт на Балканот, цар Борис – приврженик на германската агресивна политика на Балканот и како помагач на фашизмот, се зафати со задачата да го исчисти својот партнер, кој работеше за сметка на победителите од Првата светска војна. Другото се знае. Крал Александар беше убиен. Убиецот се качи на стопалото од автомобилот и извика „живео краљ“ и го отепа, и заедно со него го уби и францускиот министер Барту. Во тој момент еден француски офицер го искасапи убиецот.\nФранцуската полиција се зафати да ја установи личноста на убиецот. И цар Борисовата бугарска полиција, ги предложи своите услуги и изненадувајќи го целиот свет, таа ја откри самоличноста на убиениот атентатор. Убиецот на крал Александар кај кого беше\nНајдена лична карта на име Келеман, а се викаше Владо Черноземски, беше оној истиот кој по заповед на истиот наредбодавец во 1924 година, го беше убил, во Софија народниот пратеник, член на ЦК на БРП(к) – Димо Хаџи Димов.\nПо сугестија на Берлин, цар Борис требаше да даде реален доказ пред југословенскиот кралски двор и пред југословенската јавност дека тој нема никаква врска со нелегалството на четништвото, нападите и непријателството против Југославија. Затоа неговата полиција ја „откри“ самоличноста на убиецот.\nИсполнувајќи ги наредбите од Берлин, царот ја ревидира четничката политика во однос на Југославија и го соопшти вистинското име на убиецот – Владо Черноземски, роден во гр. Штип. А може би убиецот и да не е од Штип, а така го соопшти дирекцијата на бугарската полција.\nОва ни покажува дека царот, кој преку бандите на Иван Михајлов го провали парламентаризмот и демократијата во Бугарија, сега се појавува веќе на светската сцена како помагач на Хитлера и Мусолини, за нарушување мирот и подготвување на нова светска војна.\nТаа подла игра на царот и неговата полиција, која се претстави како „ревносен разузнавач“ и го откри атентаторот на кралот, се објаснува со промената на политичките услови. Царот излезе коварен пред своите слуги – михајловистите, но и пред југословенскиот крал, независно од гушкањата и бакнувањата со него на плоштадот, независно од потпишаното „вечно пријателство“. Цар Борис го знаеше расположението на југословенските народни маси, кои се бореа не само против Германија, туку и против кралот. Но Борис не веруваше ни во самиот крал, дека тој бил во последниот момент полезен за агресијата што ја спремат Германците против целиот свет. Цар Борис знаеше дека крал Александар го крепел и беше создаден од масонските ложи во Лондон, чиј верен агент беше. Поради тоа неговото убиство се јави како политичка нужда за Германците – за вникнување и зацврстување на нивното влијание на Балканот.\nЈугословенските маси се однесуваа со иста недоверба и омраза и кон белградската и кон софиската круна. Едната беше претставник на империјалистичката политика на масонските ложи во Лондон, а втората на германскиот освојувачки хитлеризам. Поради ова југословенските народни маси со тешка загриженост го следеа развојот на политичката ситуација што ја создаваа масоните и агресорите – виновни за тешкотиите во светот. Масоните, т.е. западните империјалисти се стремеа да го задржат светското господство, кое им беше останало како наследство од старата војна и агресија, а Хитлеровците се мачеа да запалат еден нов пожар, да станат нови господари на светот. Познавајќи го добро, како агенти на империјализмот, народните маси се однесуваа рамнодушно кон средбата Борис – Александар. Тие се однесуваа и спрема едниот и спрема другиот со недоверба и со омраза. И двајцата беа тирани, непријатели на југословенските народи. Александар беше приврженик на западните империјалистички сили, незаинтересуван во моментот за нова светска војна. Цар Борис му служеше на германскиот агресивен империјализам и фашизам. Кога крал Александар отиде во Франција, оваа беше склучила сојуз со Советска Русија. Дојде нова политичка промена. Првиот и најсмелиот приврженик на новата француска ориентација беше нејзиниот министер на надворешните работи Барту. Убиството на Барту, заедно со крал Александар ја откри политичката замисла на атентатот, организиран од меѓународната реакција. Целта беше да се расклати политиката на мирот, организирана од Советскиот Сојуз, а за парализирање на Хитлеровската Германија, односно нејзината агресивна политика и за спречување на евентуалното присоединување на Југославија кон таа политика. Присоединувањето на Југославија кон сојузот на Франција, Чехословачка и Советска Русија, можеше да повлијае на Румунија и другите земји, што ќе означуваше создавање и стегање на обрачот околу кафеавиот ѕвер, за да биде задушен, уште пред да собрал доволно сили, за да се фрли против човештвото.\nЗатоа нашите народи и светската демократска и прогресивна мисла, колку и да не го сакаа кралот, кој ја беше претворил Југославија во зандана на народите, таа не го одобри неговото убиство и не се зарадува од тоа, се радуваа и ликуваа михајловистите и усташите, а заедно со нив Мусолини и Хитлер, Борис и Хорти, кои беа потпалувачи на втората светска војна.\nМеѓу Хитлера и Мусолини ние го клаваме и маџарскиот диктатор Хорти. Маџарските фашисти исто така го вееја знамето на воинствен ревизионизам, и тоа така дрско како и германските фашисти. Тие им овозможуваа на хрватските терористи, на маџарска територија, до самата југословенска граница во Јанка Пуста да создадат база за терористичка обука, каква михајловистите имаа во Пиринска Македонија. Терористите на крволокот Анте Павелиќ се обучаваа во Јанка Пуста. Анте Павелиќ и Иван Михајлов се беа договориле за заедничка борба против хегемонистичкиот режим на белградската српска буржоазија и круна. Усташите и михајловистите не се разликуваа ниту по своите методи на борба, ниту по своите цели. Тие беа бесни шовинисти, кои инсталираа паклени машини и убиваа. Иван Михајлов им испраќаше инструктори за овладување на таа „прогресија“, а меѓу тие инструктори беше и Владо Черноземски, кој подоцна, со група свои ученици отиде да го убие крал Александар и Луј Барту. За сета она што се правеше во Пиринска Македонија и Јанка Пуста се известуваше царот. Тој стоеше на дното на сите заговори од балкански маштаб.\nВо 1933 година, претседателот на С. А. Д. – Рузвелт, предложи во интерес на светскиот мир да се свика една поширока конференција, на која би се разгледале сите спорни прашања, неправилно решени на Версајскиот мир. Македонската јавност, ползувајќи го овој предлог на Рузвелта, по иницијативата на ВМРО (обединета), го образложи јавно македонското прашање, а образложението го потпиша народниот пратеник Божин Димитров Проданов, Туше Деливанов и Павел Шатев. Во тоа образложение беа опишани долгогодишните борби на македонскиот народ против султанскиот режим и против монархистичките и реакционерни клики на балканските држави Србија, Бугарија и Грција, кои во 1912 и 1913 година ја распарчаа Македонија. Покрај ова се обрна внимание на светската јавност за големата неправда што и’ се нанесе на Македонија, молејќи да се разгледа и разреши македонското прашање на меѓународната конференција што ја предлагаше Рузвелт. Образложението беше испратено во Америка. Македонската прогресивна организација (обединета во македонскиот народен сојуз) го преведе на англиски грчки, руски и со него ги запозна сите луѓе од светски глас и пошироката европска и американска јавност.\nПолицијата од државната безбедност ги повика на сослушување луѓето што го потпишаа образложението. Главниот обвинител Партов (подоцна министер на правосудието) и министерот на внатрешните работи Николаев, ги заплашуваа пописниците на образложението дека ќе бидат земени на одговорност и дека согласно државните закони ќе бидат осудени на строг темничен затвор за пропаганда, која имаше за цел одделување на територии од земјата. Министерот мислеше на Пиринска Македонија, која тој ја сметаше за бугарска земја а не составен дел на Македонија. Но министерот Николаев не ја оствари заканата по некакви внатрешни и надворешни причини, за да не се дига шум, или по некакви непознати за нас политички причини.\nВо истата година, редакторот на сп. „Македонски вести“, кој беше забранет од Андреј Тошев, издаде една брошура под наслов „Македонските славјани“. Оваа брошура ги оѕвери михајловистите. Се прснаа анонимни листови, се појавија со специјални брошури некој си Апис и Бојаџиев (поставени од Никола Коларов, инструктор при „националната одбрана“, б. н.); се замеша и органот на резервните офицери, а весникот „Слово“ излезе со курзивна статија „Е. С. Е“, напаѓајќи го Тодор Павлов, Ангел Динев, Венко Марковски и Георги Бакалов. Поради брошурата „Македонски славјани“ обвинителот Партов го повика авторот на лична дискусија, како резултат на која тој беше интерниран.\nПротив движењето на национално самоопределување на македонскиот народ се нафрлија со еднакви жестини и омраза, како бугарските, така и српските буржоаски власти.\nНа 16 ноември 1939 година во српскиот културен клуб во Белград, професорот од белградскиот државен универзитет Никола Булиќ, одржа предавање против македонската нација, чија содржина беше отпечатена во в. „Време“ од 17 ноември 1936 година. Вулиќ го откажува постоењето на Македонија дури и како географски поим и предлага да се забрани терминот „Македонци“. Вулиќ се јави како носител на српската шовинистичка буржоаска мисла и се обиде да создаде психолошки услови за правдање на теророт што тоа го спроведуваше под македонско национално движење за оформување на македонскиот народ во оделна нација, но Македонците не му останаа должни. По барање од македонската универзитетска младина која студираше во Загреб и Земун, авторот на брошурата „Македонските славјани“ му испрати на професор Вулиќ отворено писмо, чиј текст во целост го даваме:\nОткриено писмо\nОд македонскиот револуционер и публицист Ангел Динев.\nДо господин Никола Вулиќ, професор на Белградскиот државен универзитет.\nЈа прочетов Вашата статија „Јужна Србија или Македонија“ што беше отпечатено во весник „Време“ од 17 ноември 1939 година. Важно е прашањето за етнографските граници на Македонија. Тие можат да се определат главно според бројот и културата на народноста, која од старо време ја населува таа земја и која играла главна просветна улога во нејзината стара историја и во борбите на најновото време, што ја сочинува најновата историја на Македонија. Нужни се извесни напори за да се изучи најнапред Македонија географски, каква е создадена од природните закони, а потоа ќе може без грешки да се изучува и етнографски. Затоа оти е научно докажано дека земјиштето со неговите геологшки и геофизички особини се одразува на психиката на народот, кој со векови живее таму. Ако го имаме тоа во предвид, ние лесно ќе ги разбереме различните филолошки специфичности и особености, и ако го разбереме тоа, ние ќе ги признаеме како свои браќа и никогаш не ќе се откажеме од нив, и никагаш нема да ги тероризираме.\nПојавувањето на словенските учители Св. Кирил и Методи, родени во Солун, како и нивните другари Климент, Ангелар, Горазд, Наум, Сава и др. е резултат на раното пробудување и творештво на Македонците. Климент придонесе за македонско-словенскиот говор. Охридската архиепископија беше виша македонска суверена институција. Под раководството на Климента македонската архиепископија даде 3500 учени луѓе, кои го прифатија и ширеа богомилското револуционерно движење, а тоа движење придонесе за уривањата на бугарското ханско ропство што на Македонија и Србија и’ го беше наметнал бугарскиот цар Симеон.\nСамо една повисока цивилизација овозможува учење како она на Македонците што го раководеше поп Богомил, родум од село Богомила, Велешко. Ова учење ја надмина цивилизацијата на Византија. Тоа го прероди духот на југословенските маси кои се сплотија со своите политички богомилски општини и се здобија со слобода. Така се зоздаде борбеното единство на Јужните Словени. Византија се уплаши од богомилското учење кое го создаваше борбеното движење на југословенските маси. Поради тоа и борбата што ја започна императорот Василиј против Македонците кои ги водеше богомилскиот војсководител и македонски цар Самоил, беше крвава лута и полна со освета. Во борбата им беа извадени очите на 14.000 Македонци од цивилизованиот варварин, христијанинот Василиј.\nДенеска се наоѓаат луѓе кои ја фалцифицираат историјата, а богомилскијот војсководач Самоил го наречуваат Цар на Западна Бугарија и неговата држава – Западна Бугарија. Кога го споменуваме Самоила ние требе да го одбележиме редот што го создал Самоил, кој ги беше обединил Јужните Славјани, со исклучение на бугарските словени кои се уште се држат за бугарските традиции од ханско потекло.\nМногу се историските факти кои зборуваат за преродбата и за постоењето на македонскиот народ по Самоиловата епоха. Многу песни и много легенди зборуваат за еден друг македонски водач – Крали Марко. За време на големиот поход против Османлиите во 1371 година, кога крал Волкашин отиде со шеесет илјади армија кај Одрин за да ги пречека Османлиите, Македонците на чело со Крали Марка не зедоа учество во тој поход. Напротив, небратскиот однос на Србите и Бугарите, кон нив ги натераа да се определат кон османлиите и заедно со нив тие се биеја на Косово Поле против српскиот крал Лазар и учествуваа во тримесечна опсада на град Велико Трново кај нападот на таа бугарска столнина отепаа 120 болјари, го заробија патријархот Ефтимие и дел од неговата архиепископија подоцна ја присоединија кон диоцезот на Охридската архиепископија.\nСе разбира таа чудна ориентација на Македонците кон османлиите имаше објективни политички причини, чии корени имаат чисто освојувачки стремежи на српските и бугарските феудалци спрема Македонија, подржувајќи ги од Византија и Рим.\nНо ете, наспроти историските факти, бугарските книжевници го присвојуваат Крали Марко, го наречуваат Бугарин, а Македонците што тој ги водеше – македонски Бугари. Ова истото го прават и српските книжевници кои велат дека Крали Марко бил Србин, а Македонците прави Срби. Ова зборува дека српските и бугарските книжевници, по оформувањето на српската и бугарската нација и создавање на нивните национални држави, одејќи по казиона линија на испитување го изгубиле својот независен строго научен и објективен критериум на испитување и мислење за етничката припадност на македонскиот народ.\nЖалосно е што се постапува така со еден народ кој им даде азбука и писмо и на Србите и на Бугарите.\nИ вие, Господин професоре, слично како и многу други Ваши колеги пишувате научна статија за Македонија прескочувајќи дрско преку историските факти. Интересни се причините што Ве натерале да пишете таква статија, и тоа после толку долго молчење, одеднаш се јавувате, и тоа во моментот, кога по чисто политички причини и во интерес на единството на Југославија не би требало да се јавувате со таа статија, што сега ја обнародувате. Вие можевте што сакате да зборувате и пишувате за нас Македонците, но ние сме должни да Ви кажеме дека со тоа Вие се јавувате како носител на насилнички методи на нашите односи, и дека тие воопшто не можат да ги отстранат од нашата свест спомените за славните борби што ги водевме за слобода и самостојно суштествување. Зафатени со борба за политичко ослободување, ние немаме возможност и сили да се занимаваме и книжевно да го развиваме нашето етничко право, бидејќи бевме политички и духовно обесправени, ние работевме под многу тешки услови. Султаните си ја обезбедуваа својата власт на Балканскиот Полуостров, и тргнувајќи со нас, го кочева нашето културно и револуционерно движење, исполжувајќи не на разни пропаганди. По тој начин во Македонија се создадоа гркомани, бугаромани, србомани, католици, бугарокатолици, унијати, протестанти и др. кои го разбиваат нашето политичко и етничко единство, и ја кочеа нашата борба како во црковен, така и во културен, револуционерен, политички и економски однос. Со средства за зацврстување на нивната пропаганда се нафрлуваа на нас. Софија и Белград бева еднакво агресивни спрема нашата национална преродба. Ни ветуваа шпиуни, не тепаа и не преместуваа. Причините беа тие што владите во Белград и Софија не сакаа да си ја претстават реалната страна што произлегува од идеите на илиризмот на старите бугарски револуционери, на македонските преродбеници, на српската напредна интелигенција во лицето на Светозара Марковиќ и др. федератисти, борци за обединувањето на балканските народи. Владите од Софија и Белград или не го разбираа огромното значење на југословенската идеја, или не им одеше во интерес да го разберат, или беа агенти на туѓи држави – непријателски расположени спрема таа идеја.\nВо Македонија под турска власт, ние водевме борба како Македонци а не како Срби или Бугари. И како такви ние создадовме две големи епопеи – во 1903 година, кога го кренавме Илинденското востание и во 1909 година, кога се боревме по цариградските улици, го сменивме режимот на султанот, а султанот Абдул Амид го заточивме. Како Македонци ние се боревме со четите на Фердинанд во Пирин-планина, Огражден, Беласица и Кожув.\nКако Македонци ние се боревме и со четите на крал Петар во Поречкото и Азот. Не зборуваме за оние Македонци кои ја предадоа Македонија и отидоа во Ниш да му козираат на Кајзер Вилхелм. Такви Македонци имате и Вие.\nСите споменати факти зборуваат за усилбите и борбите на одделен народ, кој е со својата свесност и идеја за слобода, братство и единство, народ кој Вие, господин професоре, не го почитувате со нужната сериозност и внимание и неговата историја не ја изучувате со студиозност, а го мерите со релативна мерка на еден научник кој е заинтересиран и се раководи од лоши желби.\nГосподине професоре!\nНенаучно е да го кажувате во свеста на Македонците релативниот термин „Јужна Србија“. Шовинистичко, насилничко и асимилаторско е Вашето гледиште за да се исфрли од употреба терминот Македонија. Тој е лош совет од Ваша страна кон оние што ја држат власта во Југославија за лош однос спрема своите браќа – Македонците кои по сведенијата што ги имам јас, се добри и лојални граѓани и се носители на идејата за обединување на Јужните Словени. Многу е штетен Вашиот заклучок во статијата дека внатрешниот живот во Југославија е тежок и дека терминот „Македонија“ ќе го усложни животот и дури ќе го направи потежок, како што велите „понатаму ќе донесе опасна штета“. Тоа свое гледиште Вие го изнесувате пред стравот од некаква опасност за единството на Југославија. Но, токму во Вашата рецепта за чувањето на тоа единство се крие Вашата слабост. Ние сакаме од Вас како човек на науката, кога зборувате за политиката да ни ја покажете линијата која ја канализира енергијата за тоа единство. Вашата рецепта и Вашата линија не ја канализира енергијата, туку ја собира за да подоцна одеднаш пробие и навистина му донесе опасни штети.\nЕдинството на Југославија ќе се создаде и државата ќе се консолидира на дмеократска база и по пат на демократизирање на земјата, по линијата на самоопределување до автономност на сите одделни етнички групи што ќе се федерираат внатре во границите на Југославија. Тоа го сакаат и кон тоа се спремаат Македонците. Тоа е нивно географско и етнографско право од чие остварување ќе добие и денешна Југославија и сите ''Јужни Словени'' кои ќе се обединат и во нивниот развиток со мирен и прогресивен пристап ќе се ползуват од Белото море.\nНие Јужните Словени ќе се ползуваме од тоа море само тогаш кога ќе создадеме јужно-словенско единство.\nБугарскиот цар Калојан не можеше да го преземе Солун, затоа што се обиде со брутално незачитување на другите, а тие затоа го убија.\nВо времето на ''револуционерната балканска војна'' (како каква ја сметаа балканските маси кои како лавови се бореа против Турците), ние Јужните Словени не можевме да се задржиме на Белото море, не по кривица на пожртвуваните југословенски маси, а по кривица на раководителите на војната против Турција и круговите што се наоѓаа на власт, кои беа луѓе со лош разум и главно по кривица на туѓи агенти и луѓе со туѓо потекло, кои беа поткупени антимакедонски и антијугословенски расположени.\nКога го имаме предвид тоа и кога знаеме каква ќе биде нашата и на идните поколенија субдината, ако живееме разединето, ние никогаш не треба да одиме по линијата на господство на една етничка група над друга, и бидејќи југословенските етнички групи имаат скоро еднородни елементи, ние треба да тргнеме по пат на широка децентрализација со федеративен стимул и со определена линија на културно воспитување за создавање на единствена југословенска политичка блискост, да се чувствуваме како блиски еднокрвни браќа за да успееме во животот и борбите против воинствениот и агресивниот фашизам што расте во широк светски маштаб.\nВие, господине професоре, тврдите дека Македонците говорат на српско наречје. Ние Ви одговоруваме, дека во основите на српскиот и бугарскиот говор лежи македонското наречје. Одејќи по истата линија бугарските „научници“ велат дека македонскиот говор е бугарски. А Вие велите српски. Но не е верно ниту Вашето тврдење, ниту тврдењето на бугарските „научници“. Таквото тврдење не е научно, ниту позитивно политичко, туку тоа само ги разјадува нашите заимни односи.\nПрашањето за јазикот би се решило правилно и научно само тогаш, ако се согласиме дека наречјата на одделните етнички југословенски групи се блиски поради меѓусебното влијание.\nТука говорите живеат и се развиваат одделно еден од друг. Затоа и не е арно да се пречи на индивидуалното самочуство и слободен развиток на оваа или онаа југословенска етничка група. Неарните односи се корисни, лажни и штетни за целото југословенство.\nВие, Господине професоре, го предлагате терминот „Јужна Србија“ на место терминот „Македонија“, оти тој термин добил граѓанско право во цела Југославија. Го отфрувате терминот „Македонија“, кој добил светско граѓанско право од векови до денес. Може и да имате средства со кои ќе го исфрлите од употреба терминот „Македонија“. Тоа ќе Ве скара со вистината и ќе се наложи победоносниот триумф на ''федеративната идеја'' за обединување на Јужните Словени, кон која идеја треба да се стреми секој совестен и културен граѓанин од југословенско потекло.\nНие веруваме дека не ќе можете да го исфрлите од употреба терминот Македонија, а ќе стане обратно, ќе биде почитувана слободата на секоја етничка група во границите на Југославија. Ние сме уверени, дека здравата југословенска академска мисла никогаш нема да се согласи со таков несериозен однос кон прашањето за етничка припадност на Македонците и дека Вашите разбирања по тоа прашање не ќе станат раководни во Југославија, по простата причина што ќе се противстават раководителите на Југословенската јавност, кои сакаат да ја изведат Југославија од бурите на вознемиреното море во денешниот за сите држави тежок политички момент.\nНие мислиме дека вашите разбирања за Македонија се тенденциозни и Вашиот предлог: „името Македонија сосема да се исфрли од употреба“, реакционерен е, со кое можат да се ползуваат само непријателите на Јужните Словени.\nВерувајќи во непоколебливата волја на југословенските народни маси, дека тие ќе со борат за трајни братски односи и ќе ја остварат идејата за единството на Јужните Словени, ние извикуваме:\n''Да живее југословенската федерација!''''Да живее Македонија како рамноправен член на југословенската федерација!''''Да живее идејата за широко обединување на Јужните Словени!''\nСофија, 21 ноември 1938 год.\nОткриеното писме не беше обнародувано ниту во белградскиот ниту во софискиот печат. Прогресивните Македонци во Југославија и Бугарија на време го отпечатија на машина и литографија и нелегално го растураа. Некои Македонци беа повикани во бугарската дирекција на полицијата и строго опоменати да не се играат со огон.\nПредавањето на Вулиќ и држањето на бугарската полиција кон носителите на идејата за национално оформување на македонскиот народ, ги обележија какви беа всушност официјалните бугарско-југословенски односи. Уште во првите месеци откако се потпиша пактот за „вечно пријателство“ што го потпишаа крвавите раце на двајцата монарси главната причина за издајствата и подлоста како од страна на Југославија, така и од страна на Бугарија во лицето на круните и буржоаските управувачи си остануваше Македонија од која ниту едните ниту другите не се откажуваа, а големите империјалистички сили ова го исползуваа мајсторски за создавање сплетки на Балканот.\nВо 1938 година Германците ја окупираа Австрија и тоа ја влоши политичката положба на Југославија. К.П.Ј. им предложи на демократските сили во Југославија координирано да дејствуваат против опасноста од Хитлера. Владата на Цветковиќ-Мачек, која беше дошла на власт во месец август 1940 година, наместо да се согласи со предлогот, таа почна немилосрдно да ги прогонува комунистите. Комунистите беа поткрепа од било која буржоаска група или партија, застанаа на чело на народните маси и ги поведоа во борба против фашизмот и германската агресија.\nКомунистите во Југославија и комунистите во Бугарија не веруваа на династиите во Софија и Белград и на нивните односи за вечно пријателство меѓу Југославија и Бугарија. И самите колони од Белград и Сопфија не веруваа на сопствените си потписи. Како српската така и бугарската буржоазија не беа се откажале како што рековме од својата стара империјалистичка политика во однос на Македонија, што се гледа како од предавањето на професорот од српскиот државен универзитет, Никола Вулиќ, така и од декларацијата на големобугарските општествени установи од македонско потекло во Бугарија.\nКолку беа тие потписи одраз на чувствата на Германецот – цар Борис, се гледа од неговите дела. Тој го отфрли предлогот на Собелев за пријателство и заемна помош меѓу Советскиот сојуз и Бугарија, кога ја беше посетил Југославија во 1940 година, и отворено ја ориентира Бугарија кон Германците, и на 1 март 1941 година, кога царскиот агент, министерот претседател на Бугарија професор Богдан Филов го потпиша во Виена Тројниот пакт, за влегувањето на Бугарија во воениот лагер на Германија, Италија и Јапан и ја повика во Бугарија германската војска, која во почетокот на м. април 1941 година ја окупира Бугарија.\nСо тој политички акт, цар Борис плукна на потписите од првиот политички акт – на пактот за вечно пријателство меѓу Бугарија и Југославија.\nСо влегувањето на Бугарија во Тројниот пакт положбата на Југославија стана деликатна. Од една страна Германците стоеја на австриската граница, а од друга страна Бугарија застана со обрнати пушки кон Југославија. Ова влијаеше на кралскиот дворец, а кралот побрза да се обезбеди пред Третиот рајх.\nПо тие причини, на 25 март 1941 година, регентот на Југославија принц Павле, го потпиша од името на Југославија пактот за влегување во сојузот на фашистичките држави, како краен резултат од политичката ориентација на принцот.\nОвој акт на принц Павле означуваше предателство на честа и интересите на југословенските народи од страна на дворот и неговите генерали. Но народот не се обескуражи. Народот си го најде својот борбен водач во лицето на КПЈ излегувајќи со следните пароли: „Подобро гроб отколку роб“; „Војската со народот, а народот со Русија“. И на 27 март народот излезе на улиците, протестирајќи против капитулацијата на дворот, владата и неговите генерали. Таквата народна смелост не можеше да се опише.\nПо белградските улици и плоштади, народот ги кинеше германските знамиња и Хитлеровскиот лик, ликот на оној кој беше ја исплашил цела Европа. Народното негодување поради потпишувањето на пактот со Хитлеровата Германија беше толку силно, што уште пред јавните и сенародни демонстрации на 27 март 1941 година, дел од генералите побрзаа приспособувајќи се кон новосоздадената положба, се обидоа да ја сочуваат буржоаската круна и власт. Тие зедоа учество во манифестациите на 27 март 1941 година, го издигнаа уште малолетниот крал на престол и создадоа друга влада, која уште на 6 април 1941 година т.е. уште со навлегувањето на Германците во Југославија, избега во странство, заедно со новиот крал и го оставија народот сам да се бори против непријателот.\nГенералите и офицерите, кои останаа како петоколонашки елементи, ја предадоа војската на Германците и се оставија на нивно расположение во борба против интересите на сопствениот народ.\nОд сето тоа, што стана во Белград на 27 март 1941 година и капитулацијата на офицерството, КПЈ дојде до правилна констатација дека е време таа да застане на чело на народно-ослободителното движење во борба против фашизмот, за да се спаси слободата и независноста на Југославија. На 27 март 1941 година борбата на југословенските народи доби сенародон карактер, а на чело на истата застана водачот, Јосип Броз – Тито.\nНародната волја да се бори за својата независност, ја принуди владата, така што таа објави мобилизација. Но, уште таа не беше завршена, а германските војски што се наоѓаа во Бугарија, дојдени по покана од цар Борис, навлегоа во Југославија осуетвувајќи ја мобилизацијата на југословенските народи. Со таа подлост Германецот – цар Борис заби нож во грбот на Југославија и ја принудува да капитулира.\nГолема кривица за капитулацијата на Југославија, покрај предавството и подлоста на цар Борис, и бугарската фашистичка власт, паѓа на југословенските буржоаски генерали, од кои некои на чело со генерал Недиќ, Дажо Михајловиќ и др. се беа дефинитивно ориентирале кон Хитлера и ја саботираа брзата мобилизација на југословенската војска за одбрана на земјата. Освен тоа, тогашната Југославија,како зандана на народите, тие и не сакаа да ја бранат како таква. Со ова се објаснува брзиот разгром на старата југословенска армија во април 1941 година.\nПолзувајќи го искуството од сето ова ЦК на КПЈ во м. јуни реши да ги поведе народните маси во смела и одлучна борба за истерување на окупаторот. За таа цел Партијата организира во целата земја комитети за заштита од окупаторот, кои го дигнаа народот во борба. Се создадоа првите партизански одреди, а подоцна и народно-ослободителната војска на Југославија, која го избрка окупаторот и ја ослободи земјата. Истовремено борбата се водеше и против враќањето на стариот хегемонистички големосрпски режим, против стариот буржоаски општествен поредок за ослободување, единство и рамноправност на југословенските народи, за ослободување на работниот народ од капиталистичкиот гнет.\nШто стануваше по това време во Бугарија? Царот и владата на Богдан Филов го уверуваа светот дека се радуваат на редот и мирот што владееше во земјата, дека е народот единствен и верува во германската победа, очекувајќи од Хитлера разрешување на македонското прашање во полза на Бугарија, како и за прашањето за Добруџа, за која тие беа почнале да приговараат уште додека германската војска се наоѓаше во Румунија.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XV._%D0%94%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%86%D0%B0%D1%80_%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81_%D0%B8_%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%83%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 6342, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10126", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XVIII. Борбата против фашизмот во Македонија под монархофашистичка грчка власт", "text": "Борба против Мусолиниевите окупаторски војски. – Злочинечка хладнокрвност. Карактер на Драмските колења. Првите партизански чети. Масовни борби. Од извештајот на Никола Гешев. Влијанијата што се забележуваат кај населението. Различни нијанси во ослободителното движење. Кој е Андон Чауш? Зошто Егејска Македонија остана под ропство?\nБорбата на Македонците што се наоѓаа под монархофашистичката грчка власт никогаш не престанувала. Таа се засили во 1935 год. и до 1940 година таа борба се одразуваше во нивниот стремеж да го сочуваат својот јазик и своето национално право на постоење, против Метаксасовата диктатура, за демократија и слобода. Потпомогнати од грчките прогресивни сили, Македонците се бореа за административна автономија на чело со гр. Солун сметајќи дека една слободна Македонија ќе им послужи како звено на балканските народи, во чија федерација ќе влезе и Грција. Грчките комунисти не беа индиферентни спрема борбата на Македонците за да го остварат својот идеал и им помагаа. Македонците, пак и самите грчки комунисти, ја гледаа колонијалната политика што ја водеа атинските „влади“ спрема Македонија и тоа ги зближуваше и гонеше да се помагаат во борбата против тие монархофашистички влади за автономијата на Македонија. Сојузени, тие ја издржаа тешката борба против режимот на Метаксаса. Многу Македонци тогаш паднаа в затвор. Едни беа интернирани на островите, а други ја фатија гората и станаа нелегалци.\nВо 1940 година политичката ситуација се измени од корен. Мусолини во 1939 година со своите војски стапи на албанска земја, а во идната влезе во Егејска Македонија. Македонците ја разбраа смислата и значењето на фашистичкото влегување, иако угнетувани од големогрчката власт, масово влегоа во редовите на грчката армија и храбро и пожртвувано се бореа против Мусолиниевите фашистички армии. Во таа војна тие покажаа изфржливост. Познат е фактот кога италијанските авиони фрлаа летки и ги канеа да не се борат, уверувајќи ги дека италијанските фашисти им носеле слобода и ги признавале како одделен, засебен народ. Мусолини си мислеше оти со тие позивчиња ќе ги излаже Македонците и тие ќе престанат да даваат отпор. Но тие ја знаеја Мусолиниевата природа и се покажаа делкувидни и не само што не беа излагани, туку се покажаа како храбри бранители на својата земја од навлегувањето на фашистите и издржаа против бесните напади на Мусолиниевите тенковски бригади. Дури и повеќе, тие преминаа во противнапад и ги истераа од позициите што ги зедоа во првите дни. Настапи моментот на фашистичката погибија. Мусолиниевите фашисти беа го свртеле грбот, бегаа од албанската земја и наскоро ќе беа нафрлени в море. Но на помош им дојдоа Хитлеровите орди и ги спасија. Италијаните беа во стадиум на распаднување. Сите балкански народи ја чекаа катастрофата на фашистите во Албанија. Победата над фашизмот, меѓутоа ја продадоа династичките и буржоазни влади на Југославија и Бугарија, кои, бидејќи и самите беа влади на 5-тата германска колона и фашизирани – не без симпатии го дочекаа Мусолиниевото навлегување на Балканот.\nТоа се објаснува уште и со недостатокот на реален усет за значењето на навлегувањето и на евентуалните последици од настанувањето на фапизмот на Балканот, од недостаток на патриотизам кај буржоаските генерали и полководци и недостаток на далекувидност и корисно разменување мисли и искуство на буржоазните политичари и јавни работници.\nЈугословенските и бугарските војни и цивилни власти требаше да го разберат империјалистичкиот карактер на Мусолиниевото навлегување на Балканот и со оглед на последиците од тоа навлегување да го попречат. Но тоа тие не го сторија.\nТреба да се потцрта и предварителното издајство на големобугарите со чие што одобрување без отпор Германците влегоа во Бугарија, дури и нешто повеќе, како што одбележивме, тие беа и поканети да побрзаат со тоа влегување. Со своето сомнително поведение, Бугарија на големобугарите, поткрепувана од меѓународната реакција, по Втората светска војна секојпат растуруваше секаква балканска иницијатива за балканска политичка соработка и единство од балкански карактер и обем.\nПо силата на политиката што му беше угодна на цар Борис и големобугарите, Германците беа пуштени во Бугарија на 1. април 1941 година. По силата на таа угодна политика, Германците подло и в грб ја удрија Југославија и, јавувајќи се в грб на грчката армија на албанската граница кога се биеше против војските на Мусолини, ги спасија од пораз италијанските фашисти.\nЗа тоа предварително предавство, големобугарите добија, макар и условно и како подарок, земја од западна и Источна Македонија. Ние веќе зборувавме за положбата на Македонците од Вардарска Македонија што се наоѓаа на запад, за нивната народноослободителна борба против неканетата големобугарска фашистичка власт. Сега ќе зборуваме за бугарските недела во источниот дел на Македонија, која Хитлер исто така пак ја даде како подарок за услугата што фашистичката царска влада ја прими за вовлекувањето на Бугарија во Тристраниот пакт и за реалното потпомагање на германскиот империјализам.\nКако во Западна Македонија така и во нејзиниот источен дел големобугарите ја покажаа својата граблива политика. Нивно дело се и ''Драмските настани''. Она што стана во Радославовскиот режим во гр. Ѓумурџина и нејзината околија во 1913 година, кога според Букурешкиот договор за мир на Бугарија и’ беше отстапен дел од Беломорието во Западна Тракија, се изврши и овде веднаш по окупацијата. Радославовите околиски началници од големобугарски калап во 1913 година ги собраа Грците што останаа во Западна Тракија и без покуќнина ги истераа надвор од границите на Бугарија. Богданфиловите околиски началници го повторија истото во 1941 година, наредувајќи му на грчкото население во Источна Македонија да се исели во Грција, без да му позволат да си ја земе покуќнината, без право да си го продаде имотот. Тоа до крајни граници го возбуди месното грчко население во Драмско и истото се противстави на пладненското разбојништво на бугарските чиновници што таму јурудисаа за пљачка. Една група од стотина души во септември 1941 година го нападнаа селото Доспат и таму убија 7 бугарски полицајци. Полицајците и војниците што со камиони бргу дојдоа од Кавала и Драма се судрија со вооружените борци од грчкото население. Во борбата што се отвори бугарските полицајци беа уништени. Грчките борци, откога ги разбија бугарските фашисти, си пробија пат и се изгубија во правец на германската окупациона зона, а бугарските фашисти ги собраа мажите, старците, жените и децата на број 350 души и сред село најѕверски ги исклаа.\nТаа акција послужи за сигнал и вооружените за таа цел на чело со фашистичката полиција започнаа со клања на мирното население во целата нивна окупациона зона. Улиците на Драма и селата тогаш потонаа во крв. Мародерите што беа дошле со окупаторските војски се накрадоа. Труповите на убиените стоеја по неколку дена незакопани. 100.000 души Грци побегнаа во германската окупациона зона во Јужна Македонија, а за бројот на убиените никој не може точно да каже колкав беше.\nТогаш легендата проговори дека англиски агенти ја направиле таа прва акција. А други мислат дека тоа беше дело на Германците со двојна политичка цел: да се растури будното и многубројното грчко работништво во Беломорието и политички да се компромитира бугарската окупаторска власт, припишувајќи и’ ги овие злочинства што навистина беа нејзино дело. Всушност востанието во Македонија под грчка власт – Драмско, беше стихијно избувнување на напатениот народ.\nНекои бугарски јавни работници и политичари имаа дрскост да тврдат дека клањата биле потребни за да се утврдат Бугарите во Беломорието, бидејќи истите дошле со творечка мисија, како културтрегери да изградуваат железнички линии и патишта да ги препланираат градовите во Македонија, која Грците ја сметале за своја колонија и затоа ги оставале запуштени. Оти Грците од Атина ја сметале и ја сметаат и денеска Македонија за своја колонија, е вистина. Но вистина е и другото, а тоа е дека така ја сметаат и големобугарите заради кое доаѓаат и влегуваат во неа со топови и гола сабја в рака. Градежите што ги трасираа таму беа едно сатанинско дело на агресијата за запазувањето тилот на Германците во Бугарија и на Балканот во Грција. Само кусогледи политичари можат да поверуваат дека при победа Германците ќе ја изостават Вардарската долина која го сврзува Солун со Бело море и Белград со Виена, по која што Хитлер врвеше за о. Тасос каде што се беа настаниле неговите војски со планови и поглед за поход на о. Крит и Суец.\nГолемобугарите, кои полнаа да ги поправаат патиштата, мостовите, железничките пруги и касарнските простории – сето тоа тие го вршеа од потребата да се варди тилот на германските војски што се наоѓаа во Грција и ги беа зазеле островите Тасос и Крит, а не по други причини. И за таа џандарска улога Германците им потфрлија на своите слуги делови земја од Македонија, и тоа само некои делови од територијата која времено се наоѓаше под бугарската власт.\nПо задушувањето на бунтот во Драма и по настаните што станаа таму, а кои носат име ''Драмски клања'', големобугарите им дадоа амнестија на работниците и селаните што беа избегале во горите. Дваесет и пет души од избеганите поверуваа на таа политичка амнестија и се предадоа. Но наместо слобода тие што се предадоа беа затворени во Драмскиот затвор и со импровизирано судење осудени на смрт. Тоа беше добра поука за грчките и македонските патриоти, кои веќе во ниеден случај оттогаш наваму не и’ веруваа на бугарската фашистичка власт.\nИ покрај клањата во Драмско и така подло излаганите и убиените патриоти што доброволно им се предадоа на бугарските фашистички власти, народот не се уплаши. Примерот што го даде Тито во Југославија наскоро го проследија и Македонците од Ефејска Македонија. Македонците не се уплашија од баханалиите на бугарските фашисти со клањата што ги извршија над нивните сонародници – грчките работници и селани во Беломорската зона, окупирана од големобугарите, и наскоро со грчките работници и селани организираа и зајакнаа една постојана народноослободителна борба во целата Беломорска Македонија.\nМакедонската антифашистичка и народноослободителна партизанска борба зеде широки размери и наскоро се разви во цетрална антифашистичка борба за цела Грција.\nПрвата партизанска чета што се формира во Костурско беше четата на Лазо Трповски и Сиков. Тие чети од раниот период не можеа да издржат и рано беа уништени. Германски и италијански војски и контрачети што беа организирани од големобугарските фашисти, дејствувајќи комбинирано, успеаја да ги уништат четите на Лазо и Сиков. Но тоа не му попречи на развитокот на народноослободителната борба. Првите неуспеси послужија како поука. Во костурскиот крај одново се организира партизанска чета. Во 1942 год. во многу краишта од Беломорска Македонија имаше веќе организирани партизански чети. Особено многу партизански чети се појавија и затврдија пак во костурскиот крај. Колку и да беа тешки условите за создавање на партизанското движење во Македонија под грчка власт, тешкотиите се пребродија. Со помошта од Тито формираните партизански чети се поврзаа со партизаните од Вардарска Македонија, и тоа ги олесни нивните пребегувања и прекривања и сите нивни акции во тилот на германските војски и на војските од нивните слуги – големобугарите, големогрците и големосрбите, чие што транспортирање партизаните го попречуваа и ја дезорганизираа нивната снабдителна система.\nВо есента 1942 година Врховниот штаб на Н. О. борба во Југославија испрати свој член со задача да ги организира тие партизански чети во партизански одреди и да ги координира операциите со Грција и другите држави. Големите успеси што ги постигна партизанското движење во цела Југославија во 1942 година и колосалното влијание што го имаше за потпомагање на партизанското движење и во другите балкански држави, многу го вознемири окупаторот и нивните слуги на Балканот, кои ја замислија својата, голема по размер, четврта офанзива за уништување на Врховниот штаб, кој се наоѓаше, според положението, во Босанска Краина, под чие непосредно раководство беа најодалечените партизански единици. И офанзивата се оствари. Но и таа офанзива со ништо не му помогна на германското командување за да го запре развивањето на партизанското народноослободително движење. Главниот штаб на народно-ослободителната војска што се наоѓаше во Југославија стана господар на положбата. Партизанските трупи во Егејска Македонија, како тие што се наоѓаа во Македонската зона во долината на Струма, окупирана од големобугарите, така и тие што се наоѓаа покрај устието на Вардар и во Воденско, имаа постојана и непрекината врска меѓу себе и бројно растеа. Тие мали партизански групи од двете зони во Егејска Македонија во 1943 година нараснаа во големи чети и се претворија во постојана војна сила на политичката формација ЕАМ, чие појавување ја наложи потребата на антифашистичката борба и која продолжи да се бори. ЕЛАС се создаде како демократска армија со цел и задача да го ослободи народот од монархофашистите. Но за тоа ние сега нема да зборуваме, за да не се оддалечуваме од непосредната наша задача од хронолошкото изнесување на настаните на антифашистичката борба околу истерувањето на германскиот и италијанскиот фашизам од Балканот.\nГледајќи како расте силата на партизанското движење, окупаторот беснееше од јад. А нарочно многу се плашеа контрачетниците, кои ги плаќаше окупаторот. Во костурскиот крај тие се беа многу исплашиле и од партизанската чета на Паскал Митревски. Таа чета вршеше смели напади и казнени акции. Во „Спомените“ од Паскал Митревски подробно се опишани нападите што ги вршеа македонските партизани во Македонија под монархо-фашистичката грчка власт 1943 година. Партизанското движење што до тогаш го сочинуваа мали групи, почна да расте во масовно илегално вооружено движење. Паскал Митревски раскажува дека во составот на 28 полк на ЕЛАС., кој се формира во месец јули 1943 влегувале 4/5 Македонци. Тој во своите спомени ги набројува датите кога македонските одреди, како одредот „Гоце“ и др. извршиле напади на германски воени единици.\nВо месец јули истата година, во борбата против контрачетништвото, загинале партизаните: Колју Косев и Стерија Калчевски, а во м. јуни 1943 год. загина Ленка Чукалова, која Германците ја убија во Воден за време на демонстрациите од 5.000 граѓани што излегоа по улиците да протестираат против неподносливата положба и гладот што ги создаде германскиот окупатор.\nБезбројните напади им даваа можност на партизаните да се снабдуваат со оружје од разбиените позадински германски единици. Одредот „Гоце“ во месец мај 1943 год го нападна селото Кастиме, Костурско. Одредот изврши разоружување на контрачетниците во селата Псодере, Желево и Брезница. При извршувањето на тие акции партизаните ослободија 144 души црвеноармејци, заробени од Германците.\nЌе се запаметат борбите во Воденско. При еден напад во м. јануари 1944 год. во Саботско беа убиени неколку Германци, меѓу нив еден мајор и неговиот аѓутант. Во м. јануари истата година се отвори борба меѓу месните чети и Германците во с. Кожани. Во таа борба учествуваа единици од Титовата армија. Таму паднаа 90 души Германци.\nВо борбата кај село Вадлево, каде што учествуваа единици од Титовата армија, убиени се 80 Германци, а од партизаните 12 души. Во истиот месец во Воденско имаше уште неколку борби меѓу Германците и партизаните. Само во една од тие борби Германците дадоа 200 души убиени.\nИсто така се водеа борби во Ениџевардарско и Гуменџиско и насекаде по стратегиските места, патиштата и железничките линии партизаните им нанесуваа порази на Германците.\nОвие борби не се ограничуваа само на зоната на Македонија што потпаѓаше под Германска окупација.\nБорби се водеа и во оној дел од Македонија што го окупираа големобугарите и кои го викаа Ксантиска област, со градовите Серес, Драма, Правиште, Кавала, како и некои тракиски градови како Ѓумурџина, Ксанти и Деде-Агач.\nЗа да ја разбереме положбата на партизанското движење во 1944 год. во Беломорска Македонија окупирана од големобугарите, ќе се послужиме со извештајот од началникот на Државната сигурност Никола Гешев.\n„Ксантиска полициска област (разбирај Беломорска Македонија, што ја окупираа големобугарите во 1941 год.) Се констатира дека набележаните комунисти и нивните едномисленици пројавуваат организациона дејност. Констатирано е засилување на грчките комунистички чети, што се изразуваа главно во пропагандна дејност кај грчкото население со кое ја засилуваат верата во нивното ослободување. Сите Грци, независно од нивната партиска припадност, им помагаат на грчките комунистички организации ЕАМ, ЕЛАС, ЕПОН, а грчките младинци масовно влегуваат во редовите на ЕАМ. Вместо да си го отслужуваат својот редовен војни рок во Бугарија, тие повеќе сакаат да одат в планина и да се присоединат кон тамошните разбојнички банди. Главните организатори се лица нелегално испратени од внатрешноста на Грција со специјални напатствија да го организираат и да го подготват машкото население да може во згоден час со оружје в рака да крене бунт против бугарските власти, да вршат саботажи, да го растројуваат превозот, да расипуваат патишта, да напаѓаат складови и др.\nВо врска со таа дејност, службата го управи своето внимание кон едномислениците на таа организација и на 14 јуни о. г. беше направена провала на комунистичката организација во Драма, и при тоа беше фатен организаторот на партијата, дојден нелегално од Стара Грција, и уште 11 души активни функционери на организацијата. Беше пронајден и радиоприемникот на истата организација со кој слушале туѓи радиостаници, а исто така е еден нов циклостил со кој печателе нелегална литература. Од воденото иследување се гледа дека во таа организација влегувале и претставители на Храноизнос на железничката станица во Ангисто, Марко Атанасов од гр. Костур и касиерот на Популарната банка во гр. Драма, исто така од Костур, кои ги зеле парите од своите каси и избегале во илегалност. Според сведенијата, тие се присоединиле кон Штабот на комунистичките чети во Пангес.\nИследувањето продолжува.\nКако резултат од откривањата во Драма, се направи провала на Комунистичката партија во с. Туркофол – Драмско. Во врска со таа провала задржани се 10 комунисти и организатори.\nИследувањето продолжува.\nИследувањето започнато во м. м. . . . . . . во врска со откриената конспирација во с. Неохор, Серско, се приклучи и предаде на обвинителот при Ксантискиот преки воен суд, заедно со 45 души, од кои 15 души избегале во нелегалност. Ним ќе им се суди во отсуство.\nИсто така во текот на месецот му беше предадено на обвинителот при прекиот воен суд во Ксанти и иследувањето од откривањата направени во град Правиште. Беа предадени 26 души од Правиште. Има набележани и други лица од таа околија за кои се чека подобен момент да им се нанесе удар и да започне провалата.\nВо текот на месецот беше разгледано делото на откриената конспирација со село Тиклевово и Рапеш – Драмско. Судот донесе во тоа дело 18 смртни пресуди, 2 пресуди за доживотен затвор, 2 на по 15 години, или вкупно 22 души осудени.\nВо текот на месецот исто така прекиот воен суд го разгледуваше и делото на откриената конспирација во земјоделскиот реон на гр. Сер по кое дело беа осудени 12 души на смрт, 4 души беа ослободени, а останатите беа осудени на по 12 и пол години строг темничен и доживотен затвор. Направените провали и изречените пресуди на грчката Комунистичка организација и’ нанесоа чувствителен удар. Кај грчките нелегални разбојнички групи што крстосуваат во планинските места, се забележува поактивна дејност која се изразува во организирање на населението и во саботажна и конспиративна дејност против бугарската власт. Грчките чети ги утепуваат нашите поактивни тајни сотрудници (шпионите на фашистичката полиција, б.н.) за да можат да ја прекинат врската меѓу нив и власта. Четите често слегнуваат од планините, ги блокираат селата, го собираат месното население и му го зборуваат за делата на нивното постоење, уверувајќи го во брзото ослободување на Грција.\nИсто така при нападите на селата, четите скапо го плаќаат земениот добиток и хранителните продукти, со кое го тераат простото население да верува дека четниците не се разбојници туку силна организација и дека таа организација богато ја потпомага со парични средства Англија. Има многу случаи кога четниците му покажувале на населението златни англиски лири.\nПокрај саботажите што ги вршат грчките разбојнички чети, констатирани се случаи на одвлечување лица кои работеле по нивите и полето, со кое се попречува брзото прибирање на летнината.\nПротив појавените разбојнички чети војската, џандармеријата и полицијата во текот на месецот презедоа неколку акции. Во резултат на тие акции беа ранети и убиени доста разбојници, но нивниот точен број не може да се утврди. Четите беа протерани во непроодните месности и распрснати на групи. Јатаците и помагачите на четите беа уништени, исфатени и предадени на судските власти. Беа најдени војни материјали од англиско потекло, хранителни продукти и бојни материјали, кои воените власти ги одзедоа, а логорите беа уништени и направени неповолни за живеење.\nПри расчитувањето на теренот беа најдени многу нови алиште, приготвени за облекување на четниците, а исто и падобрани који јасно покажуваат дека сите материјали, оружје и муниција им се спуштаат на четниците од англиски и американски авиони.\nЗабележени се светлосни знаци, давани од земјата, кои веројатно четниците им ги даваат на авионите.\nВо врска со дејноста на разбојничките чети, имотите им беа конфискувани и предадени на општините, куќите изгорени, а фамилиите преселени во други села. Мораше многу планински села и колиби да бидат свлечени долу во поле, населението да се пресели во мирни села, оддалечени од планините. На тој начин се прекинува врската меѓу четниците и населението и се убива духот на грчкото население за саботажи против бугарската власт.\nОпшто, во областа се забележени: 3 саботажи, 31 оружен напад, 18 случаи на нелегалност, убиени се 10, а во борбата против нив убиено е едно цивилно лице, ранет е еден џандар државен службеник и 8 души се одвлечени.\nВо извештајот за партизанско движење во Ксантиската полициска област се гледа противречност. Партизаните пак се во состојба да одвлекуваат државни службеници, а не се во состојба да се вардат и дале 10 души убиени во замена само за еден џандар и тоа ранет. Но тоа не е најважното. Најважно е што власта не може да го запре тоа партизанско движење, и неговите акции од секаков вид борбен карактер, растат против систематските напади на војни единици. Во м. јули 1944 година германското командување изврши напад со еден одред од 2000 души со цел да ги разбие партизаните во Ксантиската област, но самите Германци беа разбиени.\nВо Македонија под монархофашистичката грчка власт во м. август 1944 година партизанскиот одред „Гоце“ се претвори во Прва македонска пешадиска бригада. Малите партизански одреди на секаде се претворија во одделни војни единици. И една таква единица успеа да го фрли во воздухот мостот кај село Бојмица, Гевгелиско и да ги разруши германските рудници.\nИнтересно е да се одбележи појавата, дека заедно со тоа и растењето на сопротивното движење, како во Македонија под монархофашистичка грчка власт, така и во Беломорска Македонија под големобугарската власт. Исто така интересно е да се одбележат и противречностите меѓу партизаните – борци против окупаторот. Противречностите беа во припаѓањето кон дадени кругови и во разбирањата за методите на борбата како и за системот на управувањето, кај народно-ослободителните борци ќе треба да го спроведат по протерувањето на окупаторот. Заправо тие противречности повеќе се раздуваа од надвор, од туѓи заинтересирани држави, отколку од месното внатрешно население.\nВо организацијата ЕДЕС во така наречената Ксантиска полициска област главната улога ја играше главорезецот Андон Чауш. Овој Андон Чауш беше најкрвожедниот грчки монархофашист и агент на фашистите. Во суштина арамија, тој под влијанието на настаните се оформи како борец против окупаторот и почна да ги гони арамиите. Андон Чауш пронајде и уништи една арамиска чета што се беше јавила во Бугарско Беломорие. Таа чета ги беспокоеше трговците и чорбаџиите, кои за да му заблагодарат на Андон Чауш, му испратија поткуп и тој стана нивни чувар.\nБугарскиот Драмски околиски началник го искористи случајот и се поврза со Андон Чауш кому му даде задача да прогонува и такви појавени арамии што ги беспоојат трговците, но едновремено и комунистите, ако тие се појават вооружени.\nНа тој начин Андон Чауш потпадна под двојно влијание: под влијание на местните грчки чорбаџии англофили и под влијание на окупаторските власти кои му помагаа, а на кои и тој им помагаше во борбата против комунистите.\nПомаган едновремено од англофилските грчки чорбаџии и од бугарската окупаторска власт, Андон Чауш израсте како име и како сила, но и покрај дејствата на организираната државна сила и противдејството на Андон Чауш, народноослободителната борба во Тракија и Источна Македонија на чело на комунистите во правец за промена на стројот, растеше.\nВо Драмско, каде што на Андона Чауша му беше главната резиденција, работништвото се организира за борба против самиот Андон Чауш и после упорни борби Андон Чауш беше истеран од Беломорска Бугарија. За неуспехот на Андон Чауш да се задржи во Беломорието останаа да жалат како грчките чорбаџии, така и бугарската окупаторска власт кои беа срасле со него во Драмскиот крај.\nГодината 1944 беше тревожна за сите фашисти на Балканот. Низ цела Македонија прелетуваа новини кои од кои побеспокоителни. Сите околиски партизански одреди, претворени во големи партизански бригади, беа веќе раководени од еден центар. Големобугарската власт, заедно со своите господари – Хитлеровските фашисти си го поткасаа јазикот. Во јуни 1944 година ги повикаа познатите главоресци Џоро Настев и Милан Апостоларски. Во Сер се одржа советување на михајловистите и се донесе решение да се запишуваат контрачетници. Запишаните заедно со војската и џандармеријата заминаа по планините да ги гонат партизаните на ЕАМ, но се вратија посрамени. Планината ги беше заштитила синовите на народот. Војската и четниците на Џоро Настев и Милан Апостоларски се судрија на некои места со партизаните, но беа разбиени.\nГолемобугарите разбраа дека ниту Андон Чауш, ниту Џоро Настев, ниту Милан Апостоларски не ќе ги спасат и веќе не се противеа. Тие предварително го беа испробале медот на контрачетништвото во Вардарска Македонија со четата на Георги Хаџи Митрев во Гевгелиско и со четата на Милан Ѓурлукот во Прилепско, а исто така и со четата на Атанас Калчев во Тиквешко.\nКонтрачетништвото не даде резултат. Партизанското движење беше станало масовно и организирано како армија, добро вооружано и со единствено командување, и како со клешти ги стегаше разбеснетите фашисти.\nНародните маси што ги собра и охрабри Тито, се судруваа со германските и бугарските окупациони војски. Под Титовото знаме нив ги засака целиот прогресивен свет. Под тоа знаме тие во Вардарска Македонија останаа слободни да се развиваат како идејна и материјална сила, која ги води сите југословенски и балкански народи по патот на федерацијата. Тито им даде на Македонците слобода и ги откри перспективите за прогресивниот напредок на словенскиот југ. Тито и Македонците во процесот на антифашистичката борба станаа едно тело и еден дух. Само со Титовиот дух Македонците можеа да истрајат во борбата од нејзиниот почеток до конечното истерување на германските фашисти и нивните слуги големобугарските фашисти, кои ја беа окупирале нашата мила татковина Македонија.\nНо не беа ослободени сите Македонци, не можеа сите слободно и спокојно да живеат во својата куќа, да ствараат слободно како што тоа сега го прават нивните браќа од републиката Македонија во ФНР Југославија.\nВо своите стремежи да ја зајакнат демократската слобода за да живеат слободни, Македонците од Егејска Македонија под монархофашистичката грчка власт сретнаа непремостиви тешкотии. Регентот Црнокапец Дамаскинос, кој застана на чело на владата што дојде на власт непосредно по истерувањето на Германците од Грција, им се противстави на нивните стремежи за слобода и испрати војски да се бијат против нив. Организацијата на крупните капиталисти ЕДЕС ги собра сите воени монархофашистички елементи кои за време на окупацијата беа на страната на Германците и отпочна војна против демократските сили што ги водеше ЕАМ. Се развија страшни крвави борби низ цела Грција. Дамаскинос ја благословуваше и ја помагаше таа братоубиствена граѓанска војна, предизвикана од ЕДЕС, во која тој лично стоеше на страната на ЕДЕС. Македонците, вклучени во составот на ЕАМ, храбро се бореа против монархофашистите што ги водеше ЕДЕС и ги потиснаа на југ. ЕЛАС влезе во Атина, воспостави народна власт, непријателот беше скршен. Демократијата во Егејска Македонија и насекаде во Грција победи. Грчкиот народ, заедно со македонскиот, триумфираше од својата победа над внатрешниот непријател. За кусо време настанаа спокојни дни . . .\nНо, одненадеж на страната на ЕДЕС, на црнокапецот Дамаскинос и монархофашистите се јавија Англичаните, со војски што Черчил ги истовари на грчката земја. Англиските тенкови се јавија во Атина и Черчиловите авиони залетеа над Атина, отворувајќи огин против војските на ЕЛАС, против јавните згради и полициските касарни што ги држеа луѓето на ЕАМ.\nТоа беше мешање во животот и борбите на одделните народи, нечуено и невидено во историјата. Масонските ложи и меѓународната реакција на чело со Черчил се изплашија од рабудувањето на грчкиот народ и на Македонците, кои, побратимувајќи се во борбата против остатоците на фашизмот, го носеа единството и победата на демократијата. Војската на ЕЛАС и македонските војни единици кои беа неразделен дел на ЕЛАС храбро се бореа против англиската армија која им дојде на помош на монарходашистите, но тие не можеа да го издржат притисокот на англиските тенкови и бомбардери и отстапија.\nАнглискиот премиер Винстон Черчил, кој ги испрати англиските војски во Грција, кој ја грабна победата од рацете на демократијата и им ја поврати власта на монархофашистите, се покажа како закоравен конзервативец и непријател на демократијата, слободата и слободното развивање на балканските народи.\nПоставена во невозможност да издржи во борбата против бројно поголемиот непријател и против англиските војски што брутално навлегоа во грчката земја, организацијата на ЕАМ беше принудена да остапуваа и во Варкиза склучи спогодба со Владата на Дамаскинос и го положи оружјето. Тогаш го предадоа оружјето и Македонците од Егејска Македонија. Но таа спогодба беше фатална грешка на раководителите на народно-ослободителното движење. Тие не го сочуваа оружјето, туку го предадоа и се оставија на милост и немилост на буржоазната грчка влада, да ги остави на слобода или да ги подведе под одговорност за минатите револуционерни дејствија кога раководителите на ЕАМ под непосредното раководство на ЦК на ГК партија се бореа за земањето на власта. Предавањето на оружјето беше принципиелно предавство спрема интересите на народната демократска револуција во Грција и Егејска Македонија. Предавството за кое носат главна историска одговорност пред целосните идејни и револуционерни интереси на меѓународното интернационално работништво и раководителите на Кремл, кои водејќи егоистична материјалистичка политика за сфери на влијание не дадоа доволно указание што треба да се направи. (Види стр. 11. од книгата „За народната револуција во Грција“ од генерал Темпо, издание „Култура“ 1950 г. Скопје).\nТри години по таа спогодба борбата против монархофашизмот одново пламна. Фашистите не ги одржаа своите обврски, не се согласија да воведат демократска управа во државата и на народот не му дадоа слобода. Напротив, за да го уплашат народот, започнаа предизвикувања, започнаа политички поединечни убиства на истакнати народни дејци, кои беа гаранција за неговата борба за слобода. Тогаш ЕАМ одново ги мобилизира своите сили и Македонците одново го грабнаа оружјето.\nТие се причините заради кои Македонија под монархофашистичка власт остана неослободена.\nТие се причините и за одново пламнатата граѓанска војна во Грција и Македонија под грчка монархофашистичка власт.\nМакедонците од Егејска Македонија, кои беа организирани во свој македонски народен фронт, беа дел од ЕАМ и тие застанаа во првите редови на одново пламнатата борба.\nБорбата за истерување на монархофашистичката власт продолжува со истото темпо. И Генерал Маркос, водачот на демократските војски за ослободувањето на Грција изјавуваше: „Демократската армија ќе ја смета својата задача за завршена кога ќе види дека е востановена правдата во Грција и дека се монархогашистите истерани.“\nЗборувајќи за Егејска Македонија, генерал Маркос додава: „Политичката организација на Македонците во Грција во ЕАМ има свој претставник и таа се бори за истите цели за кои се бори и ЕАМ.“ (Види в. Работническо дело“ бр. 69 од 28 март 1947 г.)\nВо духот на таа борба и на целите што го имаат македонскиот и грчкиот демократски народ, се образува и влада на Генерал Маркос со програма која ги опфаќаше интересите на оние што се бореа за слобода, самоопределување и демократија – работните маси. Треба да одбележиме исто така, да како резултат на борбата за демократија во Грција се одржа и првиот конгрес на Македонските Словени таму во Егејска Македонија, но, за жалење, борбата на грчкиот народ за демократија, самоопределение и мир, што ја водеше Маркос со помошта од Македонците, беше изместена од нејзините основни позиции и издадена од заинтересираните сили, предимно од Советскиот сојуз, кој ја претвори во разменлива монета.\nПо резолуцијата на информбирото, Советскиот Сојуз ја покажа својата конкурентска улога на Балканот спрема другите сили кои им помагаа на монархофашистите, ја растури демократската армија и нејзиниот водач генерал Маркос со измама го фати и го симна од положба главен командант на грчката Народно-ослободителна војска. Захаријадис кој стана негов заменик со својата нова стратегија ги изложи на истребување нејзиниот кадар и ја провали нејзината отпорна сила.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XVIII._%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2_%D1%84%D0%B0%D1%88%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%B4_%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%BE%D1%84%D0%B0%D1%88%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%B3%D1%80%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82", "word_count": 5198, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10102", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XII. Длабокиот смисол на политичките убиства", "text": "Предлогот на михајловистите за примирје. Лозунги на гевгеличаните. Еден оригинален протест против круната. Убиството во централниот затвор и Александровската болница. Еден интересен некролог. Декларацијата на Работничката партија во врска со убиствата. „Македонската правда“ на сцена. Напорите на министерот Гиргинов да ги прекрати убиствата Американската емиграција протестира.\nСоздадените акциони комитети, шумот што се подигна околу нив и почестите политички убиства над михајловистите, кои тие го сметаа како резултат на заедничката дејност помеѓу работниците и протогеровистите, како и општата акција против нив, ги натера да се позамислат и дојдат до заклучок, дека силата на протогеровистите, да почнат со така дрски убиства од заседа, се крие во помошта што работниците ја даваат на протогеровистите. Михајловистите дојдоа до овој заклучок, наблудувајќи како некои прогресисти, како што беа Христо Трајков, Коста поп Андонов, Александар Мартулков, Кирил Илиев и др, кои имаа врски со раководството на Работничката партија (к) и се поврзуваа со протогеровистите.\nОд сите работнички и македонски дејци михајловистите го беа најмногу намразиле Христо Трајков, сметајќи го за еден од водачите на ВМРО (обединета) во Софија. Во камарата тие постојано го провоцираа. Циникот Петар Мрмев од псевдомакедонците во, парламентарната група го нарече српско орудие, шумадиска свиња, предавник ит.н. Михајловистите му испратија заплашувачко писмо предупредувајќи го да се откаже од македонската дејност во братствата, оти во противен случај ќе биде убиен. Како одговор на ова писмо тој излезе со остра и силна декларација. Тогаш решија да го убијат.\nДекларацијата на Христо Трајков предизвика неспокојство во МНК. По наредба на МНК декларацијата беше разгледана пред широката јавна конференција на кукушани. На таа конференција учествува од името на МНК политичкиот секретар на комитетот Христо Зографов. Поранешниот секретар Васил Василев, како и поранешниот претседател на МНК Костадин Станишев не учествуваа. Тие двајцата беа сменети од Иван Михајлов поради тоа што се беа компромитирале со идењето на Перо Грубар во Бугарија и приемот што му го беа приредиле како на револуционер во градското казино. Поради тие причини Иван Михајлов го беше назначил за секретар на МНК Христо Зографов, кој на широката конференција на кукушани, кога се разгледуваше декларацијата на Христо Трајков изјави дека, ако Христо Трајков ја повлече декларацијата МНК ќе ги смета спорот и заплашувањето со убиство од страна на Иван Михајлов како ликвидирани. Овој предлог не го прими Христо Трајков. Во согласувањето со еден таков предлог тој гледаше навреда за еден напреден деец.\nПосле отфрлувањето на предлогот михајловистите се поколебаа да го убијат Христо Трајков, тие се обидоа по дипломатски пат да ги раскинат врските на обединетите и работниците со протогеровистите. Сметајќи дека раководителите на акционите комитети и работничката партија се едни исти, тие решија да ги неутрализираат во однос на борбата со протогеровистите. Преку Васил Василев и Козма Георгиев, уште пред излегувањето на декларацијата на Христо Трајков, тие му беа предложиле да се разберат со него и со работничката партија. Васил Василев изјавуваше дека организацијата (михајловистите) има желба да се разбере со работниците и македонските комунисти. „Нашата организација, велеше Васил Василев не се служи со аргументи, таква е нејзината положба, таа реагира со куршум. Но таа нема интерес да стрела на работниците оти не знае до кај ќе отиде работата, ако и работниците се послужат со куршум и, што е главно оти организацијата има свој објект и противник за нишан – протогеровистите“.\nОд овие зборови се гледа, дека михајловистите во лицето на Васил Василев и Козма Георгиев го идентифицираа работничкото класово движење со движењето на обединистите. Тие идеа до овој заклучок поради тоа, што некои членови на работничката партија беа истовремено и членови на обединетата и со своите дела по национална линија ја ангажираа работничката партија, и обратно, работничката партија со својата политика по националното прашање ги ангажираше обединистите.\nВасилевците и Козма Георгиевците во случајот предлагаа услов на ненапаѓање. Тие бараа од Христо Трајков да не ги напаѓа во парламентот. Но Христо Трајков не го извести ЦК на работничката партија за предлогот на михајловистите. На него влијаеше еден лош и недобросовестен „другар“ Христо Калајџиев, со кого се беа договориле да не кажат никому за предлогот на михајловистите. За овој предлог тој не го извести дури ни својот другар Александар Мартулков, депутат на работничката партија, со кого беа заедно избрани по предлогот на Симеон Кавракиров како прогресивни дејци од ВМРО (обединета).\nМихајловистите бараа споразум со Христо Трајков оти него го сметаа за еден од водачите на ВМРО (обединета), а тоа стана тогаш кога Симеон Кавракиров беше одвлечен од михајловистите.\nОживувањето на протогеровистите беше важен момент за михајловистите. Затоа и тие сакаа да се разберат со работниците и со луѓето од ВМРО (обединета). Но кога не им се одговори, стана јасно, дека тие ќе ги избијат раководителите на класното работничкото движење и луѓето од ВМРО (обединета).\nКонтактот на обединистите со протогеровистите и контактот на поедини членови на работничката партија со обединистите и протогеровистите беше повод за започнување на убивањето на работничките дејци. Но тие не задоцнија со заплашувањето спрема прогресивните луѓе во братствата.\nТие со тоа сакаа да ги придобијат симпатиите на целата буржоазија. Кога започнаа со убиствата на напредните братствени дејци, тие трубеа преку својот орган „Свобода или смрт“, дека во Софија постои страпен заговор помеѓу комунистите и протогеровистите, против буржоаските институти и дека луѓето на Иван Михајлов се јавувале во моментот како чувари на круната и на националните интереси на буржоазијата.\nИзјавата на михајловистите дека се тие национални чувари, го засегаше честољубието на дел од буржоазијата. Во стремежот да ги зацврсне своите интереси таа се повеќе и повеќе се ориентираше кон политиката на францускиот систем, поради што таа и не слушаше никого освен гласот на својот џеб, ориентирајќи ги своите симпатии кон протогеровистите и кругот „Звено“, претставувајќи се како борци против круната и германизмот што таа сакаше да го наметне.\nПротогеровистите отворено изјавуваа, дека силата на михајловистите за да убиваат и одвлекуваат се криеше во помошта и охрабрувањето на круната. Тие ова го знаеја од обидот што го имаа, поправо беа контраагенти кои произлегуваа од една иста банда. Протогеровистите и звенарите, дејствувајќи заедно, сметаа дека круната ги изгубила квалитетите и силата како чувар на животот и слободата на граѓаните и дека управата треба да се замени со една авторитетна сила, а звенарите се држеа за идеите на авторитатизмот.\nОд ваквото гледање и од така задлабочената противречност, положбата на ЦК на Работничката партија (к) стануваше деликатна. Органот на михајловистите „Свобода или смрт“ пишуваше за нуждата од „Вартоломејска ноќ“, што би ја направиле тие, но политичките услови не им позволуваа. Единството на реваншизмот и големобугаризмот, беше расклатено, дел од силата на реакцијата беше веќе тргнала по линија на политика за зближување со Франција и со нејзиниот повоенен систем, што го гарантираше повоениот мир. Но имаше и опасност од општо народно негодување, кое би го расклатило и така расклатениот престиж на официјална Бугарија. Поради тоа круната бегаше од вартоломејската ноќ, а ги толерираше само поединечните политички убиства. Но и убиствата добиваа масов карактер. Ова ја компромитираше круната поспецијално власта на Народниот блок. Но круната свесно ги трепеше убиствата. Таа имаше своја цел. Со ова се овозможуваше дискредитирањето на партијните режими.\nСо појавувањето на германскиот фашизам, уште пред да дојде на власт Хитлер, крволокот Александар Цанков ја прекина својата франкофилска политика, и во 1932 година по углед на Хитлера го образува своето „Народно социјално движење“. Неговото „Народно социјално движење“ беше поткрепено од најголемите капиталистички елементи, од мрачните деветојунски „херои“ и престапниците од Првата светска војна. Поради тоа што брзо растеше заплашувајќи ја земјата со воведување на отворена фашистичка диктатура Цанков отпатува со авион во Берлин за инструкции. Ова му беше познато на цар Борис, кој ја потпираше таа германофилска фаланга а фазшизмот што растеше во Бугарија. И самиот цар го помагаше Цанковиот авторитатизам.\nНа бугарската политичка сцена се јави и списанието „Звено“. Неговиот редактор Димо Казасов се солидарисуваше со царските авторитаристички разбирања, идеолошката разработка и подготовката на буржоаската интелигенција за да бара идење на некаква „волева“, „компетентна“ и „надпартијна“ власт. Димо Казасов, сметајќи се за специјалист, пишуваше за сите прашања од внатрешен и надворешен политички карактер. Со особено мајсторство тој пишуваше за методите и средствата за дискредитирање на партијниот режим. Казасов ја водеше и учеше буржоазијата како да си ја сочува волчјата нарав, како внимателно да си ги чува своите позиции и здраво да оди по својот диктаторски пат набележен од фашизмот.\nКога фашизмот заплашуваше со војна, Казасов пишуваше статии без маска. Книгата „Звенизам без грим“ е негово дело, во кое тој откриено ги застапуваше идеите за авторитаризам во Бугарија.\nЕте што носеа политичките убиства.\nЗатоа убиствата се толерираа и форсираа од највисокиот фактор – круната. Ова не можеа да го разберат министрите од Народниот блок, кои беа сменети со ноќниот вооружен преврат на 19 мај 1934 година. За оваа опасност не се презедоа енергични мерки и од раководството на Комунистичката партија во Бугарија, која дејствуваше потајно, поради тоа не му беше предочено на народот, дека е конституцијата во опасност, оти слободата на граг’аните се наог’а во опасност, како би се соединиле сите демократски сили, и да се подигне целиот народ против страшната опасност. Независно од подготовката на звенарите за вооружен преврат, Комунистичката партија доцна ја даде паролата за да се предодврати намерата на крволокот Цанков, кој беше наредил на своите сомисленици од „народното социјално движење“ да тргнат кон Софија на 19 мај, за да со револуција ја преземат власта од народниот блок.\nНе може да се рече дека Комунистичката партија беше заспала сосема. Таа сепак и’ даде на работничката класа парола за противдејство против „народното социјално движење“ на Александар Цанков и против готвената револуција за преземање на власта. Долниот протест како отворено писмо го потврдува тоа:\nТРАНСПОРТНА ПРОФОПОЗИЦИЯ ВЪ БЪЛГАРИЯ\nОТКРИТО ПИСМО\nДо настоятелствата на секциитѣ, групитѣ, дружествата и тѣхнитѣ членове, БЖС, ЛО, ЖПЧ, ЖП Подържане, МСО, ТПС и неорганизиранитѣ транспортни работници.\nДраги другари,\nНа 21, 22 и 23 май т. г. се свиква конгреса на Цанковата банда. Този конгресъ на Цанковитѣ бандити е пробна мобилизация за властъта. Другари, 1923 година Цанковъ, подпомогнатъ отъ цѣлокупната буржуазия, въ това число и водачитѣ на БЖС и ТПС извърши нощенъ превратъ за да установи откритата фашистка диктатура въ нашата страна. Неговото осемъгодишно управление записа повече отъ 30.000 избити работници и селяни въ това число и транспортни работници, хиляди желѣзничари и транспортци и т. пощенци отстранени и уволнени. Неговото правителство разтури работническитѣ класови организации и Транспортния съюзъ. То намали заплатитѣ на желѣзничари и т. поштенци, съкрати маса персоналъ – отне придобивкитѣ и вложи положението на транспортнитѣ работници.\nДругари, правителството на Народния блокъ, което продължи грабителската политика на Цанковия и Ляпчевия сговоръ, като намали нѣколко пѫти заплатитѣ на транспортнитѣ работници, неможе повече да задържа подема и борбитѣ на работницитѣ и селянитѣ, които сѫ отвратени отъ неговата политика и грабежъ. Буржуазията виждайки расклатено своето господство, отново, обръща погледъ къмъ Цанкова и като изпипан палачъ иска да предаде утре на него властьта. Тя щедро го субсидира финансово и откриля съ властьта на народо-блокаритѣ, за да разлива изъ цѣлата страна социална демагогия, да прави “НАЦИОНАЛНИ СИНДИКАТИ“, съ които да проваля борбитѣ на работницитѣ, да организира своитѣ партийни банди.\nДругари транспортисти,\nАнтифашисткия комитетъ въ България издига лизунга: Растуряне конгреса на Цанковата банда, арестуване на Цанковъ, Русевъ, Калфовъ, Сл. Василевъ, Д. Казасовъ и др. и Народен сѫдъ за цѣлата банда.\nДругари желѣзничари, шофъори, т. пощтенци и всички транспортни работници!\nНие, макъръ и синдикални организации, трѣбва активно да вземемъ участие въ антифашистичката акция, за осуетяване и проваляне конгреса на цанковите палачи. Нашето пасивно държане значи подпомагане и качване Цанкова (открития фашизъмъ) на власт. ЦАНКОВЪ НА ВЛАСТЬ, това е Хитлеръ въ Германия, Долфусъ въ Австрия. Мусолини въ Италия. А това значи посѣгане на работническитѣ организации и придобивки, нови масови съкращения, тероръ, концентрационни лагери, война!\nЕто защо, ТРАНСПОРТНАТА ПРОФОПОЗИЦИЯ отправя братски апелъ къмъ всички желѣзничари, шофьори и др. транспортни работници, организирани и не, безъ разлика на политическо убеждение, да се наредимъ решително на антифашисткия фронтъ, като свикаме, общи антифашистки събрания по гари, пияци и станции, на които да изберемъ антифашистки комитети и пратимъ нашъ представителъ за общия антифашистки комитетъ въ дадения градъ.\nНа 21, 22 и 23 май ние не бива да превземъ нито единъ „делегатъ“ на Цанковата банда съ влака и автомобила. Ние трѣбва на обявимъ стачки по мѣста и участвуваме съ цѣлото антифашистко движение по градове и села, за осуетяване конгреса и разгромяване на Цанковите банди.\n15-и май 1934 год.\nОва откриено писмо кое беше издадено како директива од ''Транспортната профопозиција'' во Бугарија ни зборува дека една внимателно подготвена борба против Цанковото движење би го раздвижила целиот бугарски народ и би го осуетило со револуционерни средства готвениот преврат од дворот и од Александар Цанков, внушени од Хитлер.\nНо тоа не стана поради натпреварувањето помеѓу кругот „Звено“, воден од Дајман Велчев од една страна, и „Социјалното движење“ водено од Александар Цанков, од друга, за кутнувањето власта на ''„Народниот блок“''. Бугарската Комунистичка партија не ја испита истовремено силата на „Звено“ и тајното соперничество меѓу „Звено“ и „социјалното движење“ и остана изненадена на 19 мај 1934 година со извршениот преврат, кога на улицата се појавија вооружени војници, водени од офицери членови на кругот „Звено“, кои ја соборија власта на „Народниот блок“.\nНо нека не се отклонуваме од темата на овој дел за длабоката смисла на политичките убиства. За улогата на 19-мајците ќе зборуваме подолу.\nУсловите во кои се беше разгорела борбата противу михајловистите и протогеровистите и поврзаните со неа политички убиства, не беа никаква мистична појава, од која не можела да се подразбере саканата цел. Политичките убиства беа резултат на противоречностите во политиката на буржоазијата, помеѓу нејзините орудија, т.е. меѓу михајловистите и протогеровистите помеѓу кои немаше идејни спорови, оти помеѓу нив немаше ни идејни неразбирања. И едните и другите беа наемници, нужни за наложување на туѓа волја – волјата на буржоазијата и круната. И двете крила ние ги сметаме за фашисти. Како такви се покажа и со својот менталитет и со своите разбирања. Како фашисти ги сметаше и пленетиот Симеон Кавракиров. Тој пишуваше во своите искази пред михајловистите: „Ме прашате, какви се нашите врски со протогеровистите и како гледаме ние на настаните во ВМРО во 1928 г. По тоа прашање го кажувам следното:\n„По нашата преценка, расцепот што стана во 1928 година, помеѓу раководителите на ВМРО не беше резултат на некакви идејни неразбирања. На нас ни беше јасно уште во 1924 година дека главиот виновник за убиството на Александров беше генерал Протогеров. Во тој дух зборуваа сите списи на Комунистичката партија и на ВМРО (обединета). За доказ беше издадена и книгата ''„Измениците на македонското дело“''.\nКога во летото 1928 година беше убиен генерал Протогеров, ние ја преценивме ново создадената положба и констатиравме, дека за нас настапуваат благопријатни услови за работа со македонската емиграција и македонските револуционери.\nИнструкциите што ги добивавме од задграничното раководство на ЦК на ВМРО (обединета), преку Глигор имаа ист карактер. Нашите односи кон двете непријателски страни беа исти. Ние ги третиравме како фашисти, а нашата цел беше да се ослободи македонската емиграција од такво влијание и да се воспитува во национално-револуционерен дух, за заедничка борба со работниците. Нашите главни удари беа управени против Ивана Михајлов, по проста причина оти околу него се беа концентрирале сите револуционерни сили на ВМРО како и македонската емиграција. Требаше да го дискретираме меѓу сите Македонци, ползувајќи ги директно протогеровистите и непријателствата помеѓу непријателски расположените странки.\nВо оваа смисла ние успешно манипулиравме со лозинката: „Долу убиствата“, што правеше силен впечаток не само на македонската емиграција и на бугарската јавност, туку и на надворешниот свет. Групата на протогеровистите откако ја изолираа во конгресите на македонските братства, а особено после неуспешните експедиции во Петричко, таа побара поткрепа од бугарските буржоаски кругови, надевајќи се особено на подршка од фашистичкиот круг „л’ч“. Но уште тогаш Перо Шанданов правеше обиди за воспоставување врска со Комунистичката партија и со луѓето од ВМРО (обединета). Нашето држање беше резервисано, оти протогеровистите наоѓаа поткрепа кај фашистите во Бугарија, служејќи се со фашистички идеологии, а од друга страна се тврдеше дека некој од нив подржувал врска со Србите.\nПосле фаќањето на Ѓеорѓи поп Христов и на некои нивни луѓе, на протогеровистите им беше нанесен нов удар, што ги натера одлучно да побараат наша поткрепа. На еден состанок меѓу нашите луѓе и Перо Шанданов, одржан во странство, последниот беше ветил, дека ќе раскинат со минатото, ќе ја осудат врховистичката политика на македонските организации, дека ќе прекратат да пишуваат славопојки за Тодор Александров, ќе го претстават како водач на врховистите и дека практично ќе го подржат единствениот фронт на ВМРО (обединета). Последното не го прифатија нашите луѓе, прво поради блиското минати на шандановци; второ, поради нивните врски со фашистичкиот круг „Звено“, кој тие во странство не го криеја и поради едно трето соображение, кое беше од извонредна полза за нас, односно ние претпочитавме, шандановците да постојат како одделна ВМРО од Михајловата, водејќи меѓусебна борба, отколку да станат јавни пприврженици на ВМРО (обединета) и како такви да водат борба против Иван Михајлов. Во последниот случај ударите на Михајловата ВМРО би се концентрирале на нашите луѓе, а тоа ние не го сакавме, ниту пак одеше во прилог на нашата кауза. Во горната смисла беше постигнат споразум меѓу нашите луѓе и Перо Шанданов.\nНе ми е познато дали на Шанданов му беше дадена некаква сума и колкава, но од тој момент протогеровистите го изменија тонот на својот весник. Се пишуваше против врховистите, беше публикувана декларацијата на нашиот народен пратеник Христо Трајков, се жигосува македонскиот фашистички сојуз во Америка, крепејќи го комунистичкиот народен сојуз на македонските народни организации и др. На некои места употребуваа дури и чиста наша терминологија.\nНо наскоро добивме директива да бидеме особено внимателни со протогеровистите, поради врските што тие ги имаа со Србите.\nСрпската Комунистичка Партија ги беше предупредила нашите пријатели во странство, дека протогеровистите имаат врски и ги подржува српската полиција во Белград. Белград настојуваше со сите средства да создаде раздор во македонските организации и по тој начин да ги обесили. Освен тоа, ние дознавме и за тајната средба на Перо Шанданов и Шонтиќ во Париз. Шонтиќ беше познат српски шпиун, тој имаше задача да се сретне со Шанданов во Париз и да се договорат за подробностите околу нивната соработка.\nОд нашите испитувања констатиравме точно, дека српскиот воени аташе во Софија – Дража Михајловиќ, држи врска со Крстан поп Тодоров преку Михаил Пундев. Порано Крстан одржуваше врска со Ѓорѓевиќ од кого неколку пати добивал и средства. Пундев беше главен шпиун во српската делегација во Софија, поради што и одржуваше постојани врски со Крстан поп Тодоров. Сето ова не тераше да бидеме по резервирани во односите со протогеровистите.\n14. VI. 1932 год. Симеон Кавракиров\nОд изнесената изјава на Симеон Кавракиров, јасно се гледа, како македонските прогресивни дејци во Бугарија и оние од Југославија ја разбираа суштината и карактерот на политичките убиства.\nПосле одвлекувањето на Симеон Кавракиров, - откога Христо Трајков откажа да ја повлече својата декларација после безуспешниот обид на михајловистите да воспостават врска со ЦК на Комунистичката Партија за споразум и по силата на окружното од МНК, МНК го исклучи Христа Трајков од Кукушкото братство. Македонскиот НК ги исклучи и Александар Мартулков, од Велешкото братство; Коста поп Пандов и Павле поп Пандов од Гевгелиското братство; Кирил Илиев, од Дојранското братство и т. н. и т. н.\nГевгелиското братство не ја исполни наредбата за исклучување на своите двајца членови. Но, исклучени или не, тие беа осудени на смрт. Ова ги заплаши животите на многумина. Многумина обединисти емигрирајќи, ја напуштија Бугарија, а многу паднаа убиени. Убиени беа Христо Трајков, Павел поп Пандов, Христо Хролев (Графа), Митко Сурлев, Делчо Камберов, Божидар Митрев и др. а Александар Мартулков беше ранет.\nСв. Дух, беше општ празник на емиграцијата. На овој ден – „Ден на Македонија“, Гевгелиското братство во Софија во м. Јули 1932 година ја поведе скоро целата гевгелиска емиграција на манифестација со следните пароли испишани на транспаренти: „Со критика и самокритика кон полно единство“, „Долу убиствата“, „Долу империјализмот“, „Империјализмот е непријател на слободата“.\nОвие пароли, испишани на транспаренти, беа носени по улиците на чело на манифестацијата, која се раководеше од раководството на Гевгелиското братство. Но на плоштадот „Александр Невски“ манифестацијата беше нападната од неодговорни михајловисти, од една вооружена група на чело со членот на МНК Штерјо Божинов и ги искинаа паролите. Меѓу младинците од братството и нападачите се дојде до мала тепаница кога тие ги кинеа паролите, но раководството на братството не им дозволи на младинците да се противставуваат и упростуваат. Журналистите го беа забележиле ова и направија анкета.\nСо ова МНК си го откри вистинското лице. Кинејќи ги паролите против убиствата, тој покажа дека ги форсира убиствата. Членот на МНК Штерјо Божинов, организаторот на нападот, го псуеше раководството, ги провоцираше гевгеличаните за да предизвика расправии и создаде атмосфера за убиства. Но гевгеличаните не нагазија на Штерјовите провокации, кој наскоро беше убиен од протогеровистите.\nСо убиството на Штерјо Божинов, протогеровистите сакаа да ја здобијат довербата на гевгеличаните. Перо Шанданов умееше мајсторски да се ползува со такви и слични потфати. Всушност Штерјо Божинов имаше други тешки престапи кон протогеровистите. Тие беа дознале, дека во неговата куќа се решавало кој каде и како да биде убиен од протогеровистите.\nНападот на гевгелиската манифестација од страна на Штерјо Божиновата банда направи голем впечаток на љубопитното граѓанство. Група журналисти поставија низа прашања на братствените дејци и побараа да им се кажат имињата на нападачите.\nТие се луѓе од МНК на Михајловистите, кои убиваат и му служат на империјализмот. Поради тоа тие и не можат да ги трпат паролите: „Долу империјализмот“, и „Долу убиствата“ – им одговорија гевгеличаните.\nНа идниот ден некои од весниците го беа регистрирале нападот, но без подробности. Во врска со ова гевгеличаните протестираа кај МНК кој преку својот член Штерјо Божинов, раководител на банда и убијци, ги искина нивните напредни народно-револуционерни пароли. Место одговор и објаснение МНК објави војна. Претседателот на МНК Георги Кондев, кој го беше сменил недамна убиениот од протогеровистите Димитар Михајлов, започна, со поедини членови на гевгелиското братство да крои планови, како да го смени раководството на гевгелиското братство кое имало смелост да истапи со такви пароли против фашизмот.\nПоради тие причини, како што рековме, гевгелиското братство на своите годишно собранија правеше двојни избори. Поради тоа Иван Михајлов беше лично заинтересиран и издаде оригинална заповед која беше предадена преку Михаил поп Кочов: „Да се премине преку труповите на раководството, но да се преземе братството“.\nОткога ги беа испокинале паролите, гевгелиското братство си го измени дотогашниот став на трпеливост кон луѓето од МНК. Братството не се уплаши од заплашувањето на Иван Михајлов. Луѓето од МНК беа држале низа конференции со некои лица од братството, на кои се дискутираше за начинот, како да се ликвидира раководството на братството, како, сервилните луѓе на МНК да го преземат раководството на братството.\nКога разбраа дека раководството на братството не мисли доброволно да се откаже од раководството, михајловистите одржаа уште една конференција во куќата на Михаил поп Кочов, и решија да го поканат раководството на братството, за да му се укаже дека е тоа должно, согласно со наредбата на Иван Михајлов, во рок од 7 дена да ја предаде братствената архива на МНК, а доколку ова доброволно не го сторат да им се каже дека се осудени на смрт. На конференцијата беа присутни Мино Паржолата и Димитар Г. Динов, кои не беа непријателски настроени кон гевгелиското прогресивно раководство и кои сакаа по мирен и компромисен начин да се разберат со МНК. Тие предлагаа на конференцијата да не се менува раководството по ултимативен пат, а по пат на договор и зеимно согласие, барајќи во скоро време да се свика општа конференција, да се избере ново раководство во кое да влезат и луѓе со доверба во МНК. Тие двајцата изјавија дека ја примат на себе си грижата да ги уредат сите спорни прашања и создадат основи за зеимно согласие. Вакво предавно ветување, дека тие ќе ги изгладат односите помеѓу братството и МНК беше очевидна грешка и од двајцата, обидот им најде на тврд отпор. Ултиматумот на Иван Михајлов не го уплаши раководството на братството.\nСмртта не престанува ништо за нас, „Кучиња“! Ние носиме свест на граѓани – револуционери – и борци за слобода на нашата татковина. Ние не служиме само на гевгелиската емиграција, туку и на делото на мирот и демократијата.\nИспотепајте не, кучиња, ние нема да потклекнеме, и никогаш нема доброволно да се согласиме и да работиме со предавниците на нашето ослободително дело. Држејќи се за принципите на македонската борба, по патот на нашите татковци кои си ги дадоа животите за Македонија, ќе умреме и ние како македонски дејци и како лојални граѓани на таа земја, беше одговорот на раководството на гевгелиското братство, зад кое стоеја сите гевгеличани, како еден човек.\nВо еден неделен ден, беше изненадено Гевгелиското братство од смелиот напад на михајловистите. Раководени од Никола Коларов, во братствениот дом го нападнаа домаќинот Димитар Караколев, при влегувањето во домот, и му ги зедоа клучовите. Исполнувајќи ги смртните пресуди изречени од Иван Михајлов, тие прогласија свое раководство на гевгелиското братство, ги избркаа малкуте гевгеличани што се наоѓаа во домот и забранија влегување во истиот. Гевгеличаните не ја предадоа архивата на братството, но од тој ден домот се наоѓаше во рацете на михајловистите и беше затворен. Но братството нелегално ја продолжи својата работа. Подоцна михајловистите го убија прогресивниот деец, член на гевгелиското братство Павел поп Пандов, го прогонија брат му Коста, и стрелаа на еден друг член од братството. Иван Михајлов ја манифестираше својата сила и волјата си со убиства. Тој служеше на бугарската круна а подоцна и како агент на меѓународната реакција.\nНо од Иван Михајловата сила и неговиот терор не се уплаши емиграцијата. Варненската емиграција презеде мерки за брзо вооружување со цел да си ги запазат своите животи и животите на своето раководство изјавувајќи дека за секој убиен прогресивен деец од варненската емиграција, тие ќе отепаат пет души михајловисти. Доследно спроведувајќи го ова свое решение, на едно убиство што михајловистите го извршија над еден член од нивната емиграција, тие ги пронајдоа и ги екзекутираа двајцата испратени од Софија убијци.\nПо пат на терор се се беше искомплицирало. Убиствата не престануваа. Власта стана немоќна пред своите должности. Се слушаше: вооружувајте се. Позаможните си купија пиштоли. Оваа положба беше мајсторски исползувана од протогеровистите. Фронтот на протогеровистите се засили. Вооружена, а не случајна демонстрација претставуваше и убиството на директорот на в. „Македонија“, Симеон Ефтимов, пред царскиот дворец, на 28 декември 1932 година. Подлоста на овој директор – злочинец останува и до денеска ненадмината. Симеон Ефтимов, пред Мишо Шкартов за кој зборувавме, беше првиот македонски Азев.\nНеговата улога е позната на емиграцијата во Бугарија, но нужно е на читателот да се прозбори за неговата крвава природа, за да се знае кој беше Симеон Ефтимов, што го величаа фашистите и сите слуги на цар Борис. Тој е бивш федератист. Со својата сервилност тој го спечали доверието на федератистите и тие го беа избрале во 1921 година за член на својата федератистичка управа. Но низ целото време како таков тој доставуваше на Тодор Александров и Александар Протогеров елементи за состојбата на федеративната организација. Во време на деветојунските настани тој „голем“ федералист се пројави како прв „автономист“ од типот на Иван Михајлов, Јордан Гурков, Васил Шалдев и Кирил Дрангов и другите нивни собраќа – шпицкоманди од студентското фашистичко друштво „Вардар“, кои го колеа и убиваа народот во јуни и септември 1923 година, по време на Горноџумајските настани и подоцна по повод на атентатот во катедралата Св. Недела. И како изразен „автономист“ тој беше во одредот на мајор Харлаков, кој водеше борба против независноста на бугарскиот народ. Помеѓу жртвите на Симеон Евтимов централно место заземаат имињата на македонските маченици – федератистите: архитектот Јуруков, Климент Размов, Славчо Ковачев и други кои загинаа по негова наредба.\nПоради вакви крвави дела тој стана директор на една тутунова фирма во гр. Дупница. Подоцна како директор на в. „Македонија“, тој го распираше фанатизмот на најцрната реакција и беше еден од најцрните, неодговорен претставник на круната, која ги инструктираше. Со својствениот си цинизам тој ги подбуцнуваше убиствата и со менторски тон, полн со злоба и заплашувања се наложуваше на целата бугарска јавност. Неговата подлост ја одразуваше подлоста на шефот на подлоста во Бугарија Тодор Александров и неговиот втор син по садизам Иван Михајлов.\nУбиството на Симеон Ефтимов по политичката замисла и подготовката, не претставува обично, секојдневно тогашно убиство. Во тоа убиство беа ангажирани не само протогеровистите, туку и други сили во чии раце беше политичкиот кредит. Тоа беа звенарите, задоволни од убиството. Со ова убиство беше нанесен тежок удар на круната, но во случајот овој удар не беше смртоносен. Но начинот и местото каде што беше извршено убиството на Симеон Ефтимов, претставуваше сериозни предупредување за големата одговорност на круната која ја крепеше политиката на Иван Михајлов.\nКрепејќи ја политиката на Иван Михајлов, на буржоазијата и’ стана јасно дека царот си отвара пат за откриена диктатура, која ќе му овозможи спроведување на таква политика која би му одговарала на неговите интереси.\nЕте ја политичката смисла за убиството на Симеон Ефтимов, технички извршено пред портите на царскиот двор.\nЕмиграцијата го познава физичкиот „убиец“ на Симеон Ефтимов. Тоа беше младинецот Христо Трајанов Изворски, член на читалиштето „Роден крај“, воспитан во македонски централистички дух. Христо не беше жесток, туку по природа благороден и многу начитан младинец. Но, ѕверската постапка на садистот Иван Михајлов, кој го уби чичко му Борис Изворски и ја искла целата негова чета, го измени Христовиот лик и благиот му карактер, и направи од него жаден за одмазда младинец. Ова го ориентира кон протогеровистите кои го вооружија и тој тргна да одмаздува. Заедно со својот другар, исто член на „Роден крај“ – Иван Василев, облечени во ловџиски алишта, со ловџиски пушки и кучиња, застанаа пред портите на дворецот каде се наоѓаше трамвајската станица. Во градите им гореше жажда за одмазда против михајловизмот. Тука го дочекаа неговиот голем претставител со двојна охрана Симеон Ефтимов, го отепаа пред носот на царската стража. Но охраната на Ефтимов не беше рамнодушна. Таа стрелаше на ловџиите и го рани Христо Трајанов Изворски, а потоа полицијата го одведе ранетиот Христо во Александровската болница, кај што од една „милосрдна“ сестра беше убиен во постелата.\nПо случај смртта на Христо Трајнов, неговите другари издадоа, по својата оригиналност ретко интересен некролог, чиј текст го даваме:\nРеквием: „Занесен во слатка дремка од инжекциите на една „милосрдна“ сестра, ти загина во средноќната штама, вероломно прострелан под мрачното небо на крвавото царство, каде што чесноста се смета за подлост, а подлоста за справедливост. Ти падна со ореол на ненадминат херој пред чии посмртни остатоци смирено се поклонува поробена Македонија.\nТи падна во царството на развратот, на сплетките и издајството за да живее твоето име во душите и срцата на поробените браќа.\nПо твоите посмртни остатоци нема да се трупаат ниту продадените човешки души, ниту бедните робови на стравот, ниту пак лажен плач ќе ги исполни улиците на развратната Софија.\nПо твојот светол дух ќе тргнат легиони борци за слобода, еднаквост и братство. По твојот краток животенпат ќе се проточат озарените од љубов кон понижените и навредените – кон вечната правда.\nПред твојот величествен подгвиг македонските гори ги наведнуваат своите заскрежени врзови, се поднишуваат од студениот ветер, ги шепотат зборовите на бесмртниот поет – револуционер.“\n„Тој што ќе падне в бој за слобода, Тој не умира . . .“\nНиз овој некролог збореше тагата на група луѓе за паднатиот Изворски, кои беа попаднале со оглед на конкретните политички услови во средината на протогеровистите но се наоѓаа под влијание на прогресивните идеи.\nШтом го однесоа Христо Трајнов Изворски во болницата, неговите пријатели ја предупредија полицијата, дека тој таму ќе биде сигурно убиен. Ете што пишуваше „Револуционен лист“ бр. 9 од м. јануари 1933 година: „Претставителите на ВМРО во Софија веднаш ги предупредија органите на полицијата, дека е животот на Христо во опасност, оти Александровската болница од неколку години наваму е претворена од еден проф. хирург (Александар Станишев, брат на д-р Дино Станишев, претседател на МНК б.(н) во свратиште на сите терористи на Ивана Михајлов. Таму скоро сите убиваат во името на „шефот“ Иван Михајлов. Таму убива професорот хирург, таму убиваат и неговите асистенти од македонско потекло; таму убиваат и така наречените чувари на болницата, какви ги има со десетици. Но ние знаеме дека од таа ужасна болест боледуваат и „милосрдните сестри“ кои носејќи на градите кст за милосрдие постапуваат на таа висока и морална служба, откога ќе дадат клетва за верност во службата. Таквото вероломно убиство на Христо Трајнов, за последен пат не натера да се позамислиме за неморалните и нечовечни дела во таа болница, кои ги беа достигнале крајните граници. И навистина што може да се очекува од духовниот раководител – професорот на болницата, кој прв во свое време даде сигнал за газење на лекарската клетва, со тоа што со сопствената си рака закла на операционата маса еден виден македонски револуционерен деец, што му се беше поверил да го оперира?“ (Тој виден македонски револуционер беше Тоската Серски.\nКонстатацијата на в. „Револуционен лист“ за професорот хирург беше наполно оправдана. Подоцна тој стана министер на фашистичката полиција, ориентирајќи се кон убиствата на бугарскиот народ и на своите сонародници – македонските борци против фашизмот, кои се беа дигнале на вооружена борба против големобугарските окупатори на Македонија. Овој заслепен шовинист, обиколувајќи ја Македонија изјави: Македонија е наша, бугарска земја и нема сила на војо свет која би можела да ни ја земе“. Тој родоостапник заборави дека е Македонец, дека Македонија им припаѓа на Македонците што ја населуваат. Македонците се насмејаа на неговите зборови, односно глупоста што ја кажа продолжувајќи ја борбата противу големобугарскиот фашистички окупатор, рамо до рамо со другите југословенски народи до своето конечно ослободување.\nПротогеровистите и’ обрнаа внимание на полицијата дека проф. Александар Станишев практиква специјален вид хирургија, но полицијата промолча и поради тоа Христо Трајнов Изворски стана жртва на садизмот на една „милосрдна сестра“.\nТешко може да се опише убиството на Изворски. „Милосрдната сестра“, „надгледувајќи“ го ноќта болниот извади пиштол од чантата и со неколку куршума го застрела. Во историјата ретко се сретнува подлост, која може да се срамни со оваа.\nМихајловистите сакаа да го намалат всред масите ефектот на убиството на Симеон Ефтимов пред вратата на царската палата во Софија.\nУбиствата што стануваа се почести, всушност го копаа гробот на врховизмот чија пропаст се доближуваше. Протогеровистите ги засилија убиствата. Михајловистичките главари почнаа да паѓаат еден по друг, како на пр.: Димитар Михајлов, Штерјо Божинов, Атанас Михајлов, Симеон Ефтимов, Јордан Гурков, Ване Параспура, Мане Накашев, Мито Гуздана и др. Михајловистите се свиткаа. Нивниот терор се скрши пред напаѓачкиот дух на протогеровистите, што ги инспирираа – звенарите и оној дел на буржоазијата што се беше насобрала околу кругот „Звено“.\nЗа да го заблудат народот, за да ги засенчат причините за протогеровското засилување и за да се извлечат од тешката положба, михајловистите почнаа да зборуваат за некаква „комунистичка опасност“ во Бугарија и почнаа да ги убиваат истакнатите работнички дејци-комунисти. Тогаш паднаа многу работнички и напредни македонски дејци. Но со тие убиства тие не можеа да ја заблудат буржоазијата која се помногу се концентрираше и обединуваше околу кругот „Звено“, одејќи по патот на Францускиот систем по кои ги водеа Коста Тодоровците.\nПоради убиствата на прогресивните македонски дејци, помеѓу кои падна и секретарот на работничката партија Петко Напетов, македонските прогресивни и работнички маси се раздвижија.\nТогаш работничката партија излезе со декларација, која се содржеше следната констатација:\n„Од в. „Македонија“ јасно се гледа дека ВМРО на Иван Михајлов заплашува дека одново активно ќе се нагрби со познатата улога од 1923 год. и 1925 год., улога на платен колач против дејците на класното работничко движење. Таа улога почна да добива практичен карактер уште со убиството на Симеон Кавракиров, Душан Спасов и Божидар Митрев“.\n„Во рамките на внатрешната си политика ВМРО на Иван Михајлов е верна потпора на најцрната реакција“.\n„Во „новите земји“ таа е активен учесник во ограбувањето на населението, како со даноците, така и со ниската цена на откупот“.\nПоради сето тоа ВМРО на Ивана Михајлов, се повеќе го губи влијанието над македонските народни маси во земјата и во „новите земји“ (наводник наш). Ова го докажаа на убедлив начин изборите, осносно резултатите од изборите кога најголемиот дел гласаше против листата на Иван Михајлов. Во прилог на ова збореа конференциите и конгресите на македонските масови организации, како и активната масова самоодбрана, а исто така и трудбениците манифестираа против терористичките чети на Иван Михајлов.\n„Позициите на врховистичката ВМРО се уште се крепат само благодарејќи на крвавиот терор и помоќта од полицијата и војската“.\n„Што се однесува до така нареченото протогеровско крило на ВМРО, одбележувајќи го процесот на засиленото скршнување в лево и приближувањето му кон правилното разбирање на методите за борбите за националното ослободување, Р. П. Констатира дека неговите раководители се уште не си ги прекинале врските со бугарската буржоазија, се уште не се ослободени од материјалистичките надворешно-политички влијанија и се уште плаќаат данок на старите индивидуалистички методи на борба“.\nОваа декларација беше важен елемент за отстранување на една беда. Нејзината принципна страна јасно го оцртуваше односот на комунистичката партија општо и посебно кон македонските политички убиства во Бугарија како и кон терористичките групи што помеѓу себе се гложеа. Но, тоа се јави со извесно задоцнување, и тоа стана поради притисок на луѓето што се бореа против хегемонијата на раководителите на БРП(к) во македонското движење кои ја наречуваа Пиринска Македонија „нови земји“.\nВо тоа време се јави и б. „Македонска правда“ под редакција на федератистот Димитар поп Ефтимов. Со овој весник федератистите сакаа да ја прикријата својата природа, да покажат дека не се исто што и михајловистите, туку се неразделен дел на деветојунците. Работничкиот печат имаше негативен став спрема в. „Македонска правда“.\nПрогресивните Македонци навреме му одговорија на в. „Македонска правда“, за неговата улога всред емиграцијата. В. „Македонско знаме“ што тогаш го редактираше Цилјо Бистрички, излезе со статија, напишана од редакторот под наслов: „Местото и улогата на в. „Македонска правда“. Статијата беше отпечатена уште во почетокот на излегувањето на в. „Македонско знаме“. Во неа беа потцртани двете противречни тенденции на протогеровскиот весник. Едната тенденција беше на неговиот редактор Димитар поп Ефтимов, кој како резултат на својата политичка наивност веруваше дека протогеровистите можат (особено во тогашниот политички момент) да се борат за една напредна идеја, каква редакторот лансираше, на име, ''Автономна Македонија'', во рамките на една создадена од народите Демократска Федеративна Југославија.\nДругата тенденција беше на Крстан поп Тодоров, кој стоеше зад весникот и го финансираше со средства од нечисти извори, тенденција што се гледаше меѓу редовите на весникот, на име обединување на двете држави (Бугарија и Србија), се разбира ни најмалку да не се докачат царскиот и кралскиот институт. Крстан се восхитуваше како теле од бацувањата и гушкањето на цар Бориса и крал Александар на станицата во Белград, кога цар Борис се враќаше од странство. Тој беше наивен и веруваше во искреноста на тие бацувања.\nРедакторот на в. „Македонско знаме“ раскривајќи ги тие две противречни тенденции во протогеровскиот весник „Македонска правда“, ги канеше вовлечените помеѓу протогеровистите прогресивни елементи (Димитар поп Ефтимов, Коста Ламбрев) да ги прекинат врските со нив и да ја напуштат редакцијата. Откога Крстан поп Тодоров беше повикан во дирекцијата на полицијата во врска со пишувањето во весникот, тој побара од редакторот ди не им дава место во весникот на статии со лева тенденција, а да ја спроведува во весникот државната линија по македонското прашање, со што Димитар поп Ефтимов не се согласи и заедно со Коста Ламбров ја напуштија редакцијата. За ова најмногу придонесе – статијата „Нашиот одговор на протогеровистите“ што беше отпечатен во в. „Ехо“ напишана од Симо Касабов.\nВо врска со ова се наложува да размислиме за уште едно прашање. Станува збор за лозинката „Интегрална Југославија“ што ја подржуваа протогеровистите во 1933-34 год. Некои од нив кои подоцна еволуцираа на лево кон прогресивната демократија и ја доживеа нашата ера, ја мешаат горната лозинка со сегашниот стремеж на јужните Словени за обединување. Ние ја разбираме нивната желба да се претстават како стари симпатизери на таа идеја, но тие не можат со тоа да ги сокријат грешките и престапите на своите поранешни водачи, со кои се беа поврзале, и по чија наредба и тие се беа замешале со убиства (шандановците б. н.)\nИнформбировската резолуција тури крај на нивната желба да се претстават како стари поборници за јужнословенското единство. По резолуцијата тие замолчеа и никој веќе не смее да парадира со чувствата на јужните Словени. Но, и покрај ова интегралистите не го беа изјасниле својот став по македонското прашање: дали се Македонците Срби, Бугари или пославенети елини. Интегралистите беа утописти идеалисти. Нив ги раководеше чувството да ги видат јужните Словени под еден покрив. Сега, од кога е раскинат 20 годишниот договор за пријателство и взаемна помоќ што беше потпишан во Евксиноград во 1947 година помеѓу Титова Југославија и Димитровска Бугарија, тие останаа да жалат ако се свесно покајале како што жали целиот бугарски народ кој молчи под притисокот на СКП (б) и владата на СССР, против кои треба да се борат.\nПаролата „Интегрална Југославија“ во 1933 – 1934 год. беше идеја на Версајска Франција против италијанското влијание на Балканот. Таа идеја беше поздравена од југословенската и бугарската буржоазија. Интегралисти имаше и во Софија и во Белград. Таа идеја „Интегрална Југославија“ наоѓаше одраз кај сите буржоаски општествени организации. Таа се беше вовлекла и во некои дејци на ВМРО (обединета). Како најрасположен елемент за восприемањето на таа идеја се покажа Георги Занков.\nПреку интегралната идеја, короните од Белград и Софија, тајно секоја за себе си, кроеја планови за хегемонија. Имаше буржоаски елементи трговци и интересите на југословенската буржоазија, која обединета би можела да реализира некои привредни и политички интереси, како и во воена смисла да завладее некои територии на југ. Тие беа перспективите што излегуваа од паролата „Интегрална Југославија“, приложена на буржоаската политичка основа, која како остварена, ги доведуваше балканските народи пред прагот на една нова балканска империјалистичка војна.\nГеорги Занков, на Цариградската конференција на ВМРО (обединета) направи обид да се прими интегрализмот како етапа за преминување на балканска федерација на буржоаска политичка основа. Но, најде на решителен отпор, а потоа беше исклучен од редовите на обединетата. Имајќи свој Азев во редовите на ВМРО (обединета) полицијата знаеше за решенијата на цариградската конференција. Азевците се беа вметнале во редовите на обединетата, а Мишо Шкартов достави на полицијата препис од протоколот на конференцијата на ВМРО (обединета) во Цариград.\nВо тоа време, додека Народниот блок се наоѓаше на власт, се беа засилиле протогеровистите, што им даде повод на михајловистите, откриено да ја обвинат полицијата на Гиргинова дека таа стои од страната на протогеровистите и со некои работи им помага. Тоа беше вистина. Додека во времето на управата на Андреј Љапчев, Софија беше наполно база на михајловистите, тоа положбата се измени со доаѓањето на Гиргиноов на власт. Во тоа време на Андреј Љапчев сите полициски станици им стоеја на расположение и услуга на неодговорните михајловисти. Штом Гиргинов дојде на власт, полициските станици почнаа да им помагаат на протогеровистите, кои станаа дрски и почнаа да ги убиваат михајловистите.\nПолитиката на Гиргинов ја подржаше и еден дел на воените, поради кое дојде и до размена на мислите помеѓу воените и него, а во врска со тоа и до согласие да се блокира Софија со цел да им се земе оружјето на михајловистите и се принудат да капитулираат. Блокадата на Софија се изврши во м. Јули 1933 година. Беа фатени голем број михајловисти и протогеровисти. Михајловистите беа задржани со цел да се отстранат од Софија и се обессилат, а протогеровистите беа задржани про форма. Тоа беше политиката на министерот Гиргинов, ориентирана кон Франција. Во владата на „Народниот блок“ само Гиргинов поткрепен од претседателот на народната скупштина Малинов ја подржаше таа политика. Мушанов и владата на „Народниот блок“ како целина пливаше во германо-италијанскиот (воинствен) ревизионизам.\nСо политиката за зближување со Југославија требаше да се спечали време и одеше во прилог на Германија која се спремаше да ја придобије Југославија на своја страна, во што Хитлер успеа после убиството на крал Александар, за што ќе збориме понатаму.\nНо, и со оваа мерка владата на „Народниот блок“ не го реши дефинитивно прашањето за политичките убиства. Убиствата се одразија длабоко во душите и на македонската и на бугарската емиграција во Америка. На конгресот на Македонскиот народен сојуз што беше одржан на 5, 6 и 7 мај 1933 година во Клевеланд – Охајо, се изработи ''Манифест'', кој беше испратен до сите македонски и бугарски установи, друштва, политички клубови, и до целата емиграција во С. А. Д. и Канада. ''Манифестот'' ги осудуваше политичките убиства.\nТој манифест со оглед на неговата содржина и констатациите е многу ценен документ. Неговото значење е од особена важност, оти тој ни дава богат материјал за задлабочување и вникнување во душите на широките народни маси од бугарско-македонската емиграција зад океанот, на емиграцијата која се наоѓа далеку од политичката кал на бугарската стварност и која ги проценува со широчина и човечност настаните во Бугарија. Слободно и демократски, така како што великиот Вашингтон им беше завештал на синовите на Соединетите држави. Манифестот е карактеристичен и по тоа, што ни овозможува да се увериме во тоа, дека македонската емиграција во Америка не се вовлекла во разорната дејност на михајловистите и протогеровистите – агенти на големобугаризмот, а застанаа на здравите македонски позиции.\nМанифестот ги покани сите: „Да протестираат против авторите и потпалувачите во Софија, Петричко и цела Бугарија и Македонија на варварската система на политичките убиства и да дадат морална и материјална помош на жените и децата на паднатите борци и на затворените национални и социјално – револуционерни борци во Македонија и Бугарија како и на самите затвореници, кои живеат во занданите, поради своите политички разбирања и својата сеодајна служба на народното дело . . . . . . . . . „Тие убиства, се вели понатаму, се врв на човечкото безумие, а против нивните автори и потпалувачи треба да се крене целата организирана и неорганизирана емиграција. Тие убиства, од кој и да идат, претставуваат најголемо зло за македонското движење и им ползуваат само на поробувачите на Македонија и им служат на нивната денационализаторска и асимилаторска политика, фрлаат на илјади македонски семејства во Бугарија во црн траур и вечна мизерија; тие го компромитираа името и борбата на македонскиот народ; нив никој и со ништо не може да ги оправда, независно од било какви теории на „шпионаж“ и „родоостапништво“, ќе се фабрикуваат секојдневно. „Како и во сите други движења, така и во македонското, имало, има и ќе има разни струи. Но борбата помеѓу нив не треба да се води со парабелуми и ками, а со слово, преку печатот, и тоа на идејна база, во рамките на толерантност... „Македонци кои зборуваат за единство, а истовремено ракоплескаат на братоубијците, се јавуваат како несвесни поткрепувачи на политичките убиства, со кои се нанесуваат така страшни рани на македонското ослободително движење.“", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XII._%D0%94%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D1%81%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BB_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0", "word_count": 7603, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10098", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел IX. Разделбата на реваншизмот и буржоаската власт", "text": "Убиството на Тодор Паница. Политиката на деветојунците кои се организираа во партија „Демократски зговор“. „Демократскиот зговор“ и ВМРО. Кои беа „протогеровисти“ и кои беа „Михаиловисти“. Павелик’ – Поречец – Грубер на сцената, Банкетот во касиното. Југословените протестираат. Министерот Буров дава татковски совети. Како стануваа конгресите на братствата?\nУбиството на Тодор Паница што се случи на 8 мај 1925 година во Бургтеатар – Виена, по начинот на неговото изведување, доволно е оригинално. Од политичка гледна точка тоа е голем успех на реваншизмот и ревизионизмот. Тодор Паница е крупна личност во македонското револуционерно движење. Во тоа време како војвода во Драмско, а после хуриетот како член на федеративната партија, неговата дејност беше управена по културно-просветната линија на Македонците за нивното ослободување од чифликарството.\nТодор Паница беше првиот доброволец на повикот на Младотурскиот комитет за кутнувањето на Султан Абдул Хамид. Неговиот одред храбро се бореше за заземањето на казармите „Таксим“ и „Таш кашла“ во Цариград. Тој ја победи големобугарската чета, предводена од Ѓорѓи Занков и Динката, испратени од Бугарија непосредно после хуриетот, за конпромитирањето на конституциониот режим во Нова Турција.\nПосле Првата светска војна и измената на раководителите на тесначката партија, која и’ ја припашаа на горноџумајската партиска организација, со секретарот Иван Илиев да не го убиваат Тодор Александров и Александар Протогеров, мотивирајќи, дека партијата не се служи со индивидуален терор, Тодор Паница беше тој, кој прв во месец април на 1922 год. со смел напад влезе во град Неврокоп и водеше херојска борба со познатите „автономисти“, кои се беа зацврснале во Пиринска Македонија, како потпора на реакцијата и фашизмот во Бугарија, - успех благодарејќи на добронамерниот неутралитет на раководителите на тесначката партија. За собитијата во Неврокоп ние пред тоа зборувавме. Планот на Паница не успеа, но неговата самопожертвуваност и храброст за влегување во борба против „автономистите“ со цел да го спаси народот од нивните крвави нокти, остана запишан во страниците на македонската национална револуционерна историја, како херојски пример за воодушевување. После бурно објавениот Мајски манифест и постигнатиот договор на македонските револуционери за Единствениот македонски револуционерен фронт на национално и социјално потиснати и угнетени маси, реваншистите во Бугарија на чело со цар Борис не беа никако спокојни со основаната во Виена задгранична централа на ВМРО (обединета) со нејзиниот истакнат и смел водач Тодор Паница. Затоа тие решија да го убијат. Противниците на Тодор Паница беа убедени во неговата јакост да нанесува удари, уште во време кога тој ги отепа, на среде Софија, водачите на големобугарските чети Борис Сарафов и Иван Гарванов. Тие беа убедени и во неговото умение да се извлечува од сите досега направени заседи како би го фатиле. Затоа и неговото убиство се смета од самите убијци – големобугари за акција од голем размер. Него го уби една еретичка по име Мелпомена, викана на бугарски галено – Менча, по етничко потекло Цинцарка, а по националност Гркинка, откриена од реваншистите во нивната сопствена брлога.\nГолемобугарите го убија Тодор Паница, големиот заштитник на македонската нација, смел борец против монархофашизмот, апостол за идеата на Балканската федерација. Со убиството на Тодор Паница реваншистите и круната во Бугарија зададоа удар не само на македонското револуционерно движење, туку и удар на демократијата и мирот на Балканот.\nТој удар главно беше управен против Коминтерната, чии што позиции по македонското прашање ја вознемируваа меѓународната реакција. Беше фрлено око на дејноста на советската пропаганда, која играше важна политичка улога на Балканот и ги укажуваше своите прогресивни дејствија во македонската, бугарската и албанската емиграција во Европа. Советите го разбраа значењето на македонското прашање. Од револуционерна и политичка гледна точка го организираа и го осигураа излегувањето на в. „Балканска федерација“, кој ги обединуваше сите комунисти што живееја на Балканот и настојуваше да им даде правилен политички правец во нивната борба за балканската федерација.\nВажна улога кај македонските и балканските револуционери по линија на соединување играа Черкски, Раковски и Харлаков кои се наоѓаа во Виена. Паница беше тесно поврзан со нив. Тој беше типичниот претставник на обединетите македонски револуционери во 1919 година, раководени од Привременото претставителство – чие раководство го растурија теснаците, кои малку подоцна по настојавањето на Тодор Александров и Александар Протогеров го запреа излегувањето на в. „Ослободување“, редактиран од Димо Хаџи Димов, и го распуштија Емигрантскиот комунистички сојуз.\nЗа време на деветојунските и септемвриските собитија во 1923 година од границите на Бугарија и Пиринска Македонија избега во Виена голем дел од емиграцијата, од бугарско и македонско потекло, која управувана од Паница дејствуваше правилно и со правилен револуционерен метод низ сите делови на поробената од реваншистите Бугарија и Пиринска Македонија.\nПлановите за создавање на единствена македонска револуционерна организација, единствен балкански револуционерен фронт против монархизмот и за демократија на балканските народи и за Балканска Федерација, ги обезпокојува бугарските фашисти, а заедно со нив и меѓународната реакција, која се озлобуваше на Виена за приемот што го даваше на балканските револуционери. Бугарските фашисти од „Демократскиот сговор“ и фашистите од македонско потекло најдоа случај да ја предупредат Виена за тоа преку убиството на Тодор Паница со што ја убедија предвреме, дека политичките убиства на Балканот, извршувани од бугарските фашисти, за нив се необходни за сеење страв во народните маси, за затапување на нивното револуционерно создание преку терор и убиства. (Тоа се гледа и од пишувањето на фашистите по случај убиството на Тодор Паница, од преоцесот во Виена и од начинот на самото ослободување на убијцата Менча).\nУбиството на Тодор Паница беше под директивите на истите канибали во Бугарија, кои вршеа клање над народот во јуни и септември 1923 година, кои ги приредија горноџумајските вартоломејски ноќи, кои по повод атентатот во катедралата „Св. Недела“ за една ноќ во Софија убија 3.000 души, кои во Прага го убија министерот Рајко Даскалов, во Милано војводата Петар Чаулев и т.н.\nПланот за убиството на Тодор Паница беше изработен во бугарското министерство на војната со помош на Иван Михајлов, неразделниот созаклетник на министерот на војната генерал Иван В’лков против животот на бугарските и македонските комунисти. Улогата за убиството на Тодор Паница се даде на изучување и исполнување на Мелпомена. Таа жена го упропасти својот живот во оргии со луѓето од завереничките кругови на деветојунскиот кабинет. Одвратната еретичка беше вовлечена од Иван Михајлов, кој што и’ беше ветил дека ќе ја земе за жена со услов да ги исползува нејзините врски со Тодор Паница, ако го убие за каузата на Бугарија (Разбирај Бугарија на ревизионистите фашисти).\nНајнапред Менча Крничева се колебаше да се прими, но соблазнивите перспективи ја вовлекоа, затоа што за животот на Паница се даваат златни рудници, и ползувајќи се од укажаното гостопримство кое и’ го даде Паница успеа да го убие. Таа се прими да ја изврши таа подла постапка откако и’ изјавија дека ќе биде ослободена по дипломатски пар, и дека во Австрија не казнуваа со смрт за извршување на политичко убиство.\nУбиството на Тодор Паница за фашисти беше голем успех. Своето одушевување за тоа ти го изразија во Бугарија преку митинзи и манифестации. За таа цел беа порачани еднотипни сервисни писма и телеграми кои беа упатеувани од разни македонски братства од Софија и провинцијата од убијцата и нејзините родители, кои се изразуваше радостта и екзампацијата на фашистите за стреќното избавување од лавот, (Анри Барбис напиша за Паница расказ во кој му даде име лав-б. н.) оти не им дозволуваше мирен сон.\nПреку така наречениот Македонски национален комитет фашистите спроведуваа митинзи низ цела Бугарија. Фашистичките Бугари излегоа во време на манифестации и се наредија во редовите на македонските братства и ја наголемуваа шурултијата. Говорниците на манифестациите и митинзите ја нарекуваа Менча Жана Дарк и Шарлота Корде на Бугарија. Се издадоа картички и значки со ликот на бугарската „Корде„ и „Жана“.\nСето тоа беше оригинално скроено, порачано и монтирано. Истовремено со спроведувањето на планот за убиството на лавот, беше спроведен и планот за ослободувањето на убијцата – еретичка. Затоа беа спроведени манифестации и митинзи, фашистите се покажаа новатори во спроведување на прецизна пропаганда со убиствена психоза. Тие успејаа со сите такви дунанми и пропаганди да ја придобијат на своја страна и за каузата на фашизмот Виена. На Виена тие и ја покажаа политичката линија на ревизионизмот и удираа по струните на нејзините ранети државнички чувства во Версај, каде што победителот од Првата светска војна ја растргна, прекина и избриша старата виенска монархија. Во врска со своите политички намери да ја придобијат Виена на своја страна, софиските фашисти гопронајдоа за Менчка стариот познавач на криминалната наука д-р Презбергер, кого го придобија за својата фашистичка кауза. Тој старец е огорчен од послевоената Европа која ја разруши Австро-Унгарската монархија. Оноа што стануваше во Бугарија повлија на неговото наштрбено национално чувство, на неговите наппнати и изострени нерви. Деветојунската Бугарија и фашистите одат по еден ревизионистички пат. Фашистите од Италија јавно ги искажуваа своите симпатии спрема Бугарија. Фашизмот на Балканот се закоренува. Се закоренува и тезата „Македонски Бугарин“. Се зацврснува етапската формација на Тодор Александров, наречена ВМРО, која сега, после неговото премавнување беше поверена на одданиот на бугарската влада Иван Михајлов, Протогеров и Георги поп Христов. Се закоренува големобугарската и реваншистичка политика на македонска и бугарска територијална база. Италијанските фашисти ја подржуваа таа политика поради Фиуме (Ријека), кого со помошта на четничките набеги во Југославија, раководени од Тодор Александров на југ, успејаа да го преземат.\nЦелата таа политичка положба го отежнуваше делото на Тодор Паница. Започнуваат пледоарите. Судот пројавувајќи ја класната волја ја ослободува од затвор убијцата Менча. Истовремено Паница беше оптужен и како непријател на Бугаријаи Македонија.\nТој беше претставен како шпекулант, црноберзијанец и истовремено и агент на Србите и болшевиците. Адвокатот бранител на Менча, д-р Презбергер го размавна циркуски пакетчето во судот – препис од порачаните писма и телеграми и изјави: „Ете, гледајте овде во тоа пакетче е смртната пресуда на Паница. Народот, кој ги испратил тие писма и телеграми ја оправдува Менча.\nД-р Презбергер го знае карактерот на тие писма и телеграми, дека се ѓаволски изум, но тој со лаги и фалсификати сака да помогне, ревизионизмот да го подигне духот на паднатата во малодушност и превитканата пред судиите вештицата убијца. Тој сака да го брани фашизмот и да влее паника во душата на бугарскиот и македонски народ. Говорот што го држа бранителот Презбергер беше класен, говор што се допадна на судот. Тој зборуваше за психолошката состојба на Шарлота и Жана и цинички ја сравнуваше со Менча. По таков начин делото се претвори во трибуна на фашизмот. Се дигна трибуната против Версајскиот мировен договор и се целеше создавањето на антидемократска расположба и омраза против Советска Русија. Затоа самиот процес како дело е многу интересен.\nПрезбергер продолжуваше да обвинува.... „И ако тука плачат за неколку капки пролеана крв во Бургтеатар, ние со поголемо право плачеме за сосем други работи. Плачеме за тоа што сме поразени во јатката на своето постоење преку оној подол и лицемерен мировен договор.“\nПрезбергер распалено нафрлува лаги од хули и клевети против бесмртниот лав – херојот на македонската национална револуција, демократот и федератистот Тодор Паница.\nПрвото заседание, кога почна да се разгледува делото, беше на 30 септември 1925 година. Салата беше преполнета. Се пуштаа луѓе само со влезни карти. Интересот кон делото беше таков што за една карта се плаќаше еден милион круни. Картите имаа знаци „О“ и „С“. Првата означуваше површно да се претресе лицето, а втората сосема. Целиот дипломатски корпус на старата Австро-Унгарија беше мобилизиран. Сето беше преврнато на слух. Во салата се наоѓа и бившиот австроунгарски конзул во Скопје (од 1904-1909), Алферд Рапопорт, што по тој повод напиша книга за Македонија под наслов „Во земјата на жртвите“. На делото присаствуваа и други видни луѓе и консули од бившата Европска Труција, кога таа не беше уште испокината, а некои од нив и лично го познаваа Паница. Присаствуваа и многу тајни и јавни агенти на Италија и Германија. Процесот е важен од политичка гледна точка. Првата светска војна не донесе праведен и траен мир. Територијалното расподелување на светот не ги зафоволи и самите победители. Истовремено на светската политичка сцена се појави и Советска Русија. Класните противречности земаа остра форма. Два света се накострешија еден спрема друг. Буржоазијата како класа треба да отстапи место на работничката, која е раководна и творечка класа. Фашизмот се дигна за да го запре движењето на таа раководна и творечка класа. И во својот стремеж кон тоа, фашизмот го засили теророт со брзо темпо. Македонија на Балканот е невралгичен пункт за завојувачките намери и цели на бугарскиот фашизам.\nЗа тоа еден по еден паѓаа балканските револуционери од рангот на Ѓорче Петров, а пред него Сандански и Стојан Георгиев, Стамболиски, Александар Димитров, Хаџи Димов, Тодор Паница и др. Сите овие убиства се предвидени во планот на бугарските фашисти за извршување на политички убиствс, за расчистување на патиштата на фашизмот.\nУбиството на Паница е од нарочна важност, затоа тоа се дочека од фашистите со громовска редост. Со убиството на Тодор Паница е удрена задграничната централа на македонскиот национален револуционерен фронт.\nСо отепувањето на македонските револуционери, пред и после Горноџумајските собитија, се целеше да се уништи македонското ослободувачко движење од раководниот македонски кадар и да го направи послушно раководството на ВМРО, направо потчинето на деветојунскиот „Демократски зговор“. Преку едно такво послушно раководство на ВМРО „Демократскиот зговор“, кој управуваше, наоѓаше сопротива на шлифуваните терористички кадрови. И преку тие терористички кадрови, кои беа организирани од ВМРО, власта ги спроведуваше своите политички цели. Ете зошто убиствата продолжуваа, поединачно по улиците и во полето, на заседа во Пиринска Македонија и во Бугарија. На тој начин македонскиот народ во Пиринска Македонија и македонската емиграција во Бугарија беше принудена да молчи. После извршеното горно-џумајско клање, на секаде во раководствата на братствата влегуваа најреакционерните и најкорумпираните луѓе. „Македонскиот национален комитет“, кој беше создаден како резултат на преговорите меѓу „Привремената комисија“ и луѓето од „Исполнителниот комитет“ на каранџуловците – големобугари, престана да функционира како македонска установа, и се претвори во агентура на големобугарската власт на деветојунците. Тој комитет ја исфрли тезата „Македонец“ и место неа ја употреби на Каранџулов „Македонски Бугарин“. Со предавања и зборови на секаде се застапуваше каранџуловата теза, која беше одобрена од владата. Македонскиот национален комитет после клањето започна да прави петиции и молби до Општествоото на народите но не за единствена и неразделена Македонија и за право на малцинствата, кои беа под југословенска власт. За населението во Пиринска Македонија ништо не се зборуваше. Тоа население после клањето и подигнатите бесилки, како и пред убиството на Тодор Александров, остана база на монтираната ВМРО за набеги во Југославија, за малтретирање и притисок против југословенската власт. Следбениците на Тодора ја симнаа својата маска на лажниот автономизам и јавно играа по свирката на оние кои управуваа со „Демократскиот зговор“.\nПреку потчинената емиграција и ВМРО „зговорот“ ја спроведуваше својата ревизионистичка и завојувачка политика на Бугарија спрема Македонија. Одзивајќи се на Сенжерменскиот мировен договор „зговорот“ постојано ја распируваше политиката на врева преку така наречениот „Македонски национален комитет“ за барање правата на малцинствата. Се бореа не Македонци, а македонски Бугари во Македонија под југословенска и грчка власт.\nЗа своите политички цели „зговорот“ преку своите агенти монтира и една фатална „бугарска“ тројка, за Македонија под Југословенска власт, која се состоеше од тројца поткупени Македонци – Шалев, Илиев и Анастасов, која беше испратена во странство да пледира за каузата на Македонија, но не од македонска а од бугарска гледна точка. Таа тројка, со својот менталитет, со своите дела направи не малку штета на македонската кауза. Како големобугарска монтирана тројка, таа само се злопостави во странство.\nНа процесот на студентите во Скопје, кои што ги предадоа големобугарите, затоа што не сакаа да работат во Македонија за нив, на седниците на самиот процес се откри подлата улога на таа тројка.\nСтудентите на тој процес Ѓузелов и Црвушанов признаа дека биле агенти на монтираната ВМРО за великобугарски цели и извршувале воено политичка шпиунска служба, во полза на Бугарија и дека таа подла тројка од Шалев – Илиев – Атанасов, кои биле во тесна и лична врска со генерал Протогеров, од кого добиле пари и воени прашалници за пополнување. За таа толку лесна работа, Протогеров отпушташе стипендии на овие студенти, кои ќе се согласат да работат по директиви на бугарската ВМРО и по бугарска линија. Секој студент, кој ќе го пополнеше успешно прашалникот, беше испраќан во странство, како стипендијант или пак како таков беше поддржуван во Југославија.\nПо таков начин на работа, преку непосредното заангажирање на македонските студенти во воени и разузнавачки задатоци и политички престапи, по линија за освојување на позиции за бугарските малцинста, бугарски цркви и училишта во Македонија – бугарската „сговористичка“ власт беше антинародна и реваншистичка.\nТој курс на надворешната политика на „зговорот“ што управуваше, се поткрепуваше и од италијанофилството во Бугарија, изникнато непосредно после 9 јуни 1923 година. Таа политика беше туѓа на интересите на сите Јужни Словени. Таа го ползуваше само италијанскиот завојувачки империјализам, кон кој „зговортот“ се надеваше за поткрепа во неговата надворешна политика, за признавањето во Македонија на бугарски малцинства, кои се наоѓаа под југословенска власт. Таа политика беше ревизионистичка, воена политика.\nПо таков начин за бугарската буржоазија, организирана во „Демократскиот зговор“, не постоеше македонско прашање, а прашање за заштита на бугарски малцинства. „Згоровот“ бараше Бугари во Македонија под југословенска власт, за да ги придобие и зацврсне како бугарско малцинство.\nВо својата надворешна политика „зговорот„ мереше со два аршина. Против Македонците под грчка власт водеше политика на „доброволно“ иселување, а против тие во Македонија по југословенска власт ја пледираше каузата на малцинствата по силата на Сенжерменскиот договор.\nТаа дволична политика и специјалниот однос на „зговорот“ по македонското прашање против грчката влада не беше случајно. Во длабочината тоа беше продиктирано од еден туѓ и противсловенски услов кој целеше со едно такво ликвидирање на македонското прашање, на Македонците под грчка власт, да се повредат интересите на ''Јужните Словени''.\nМакедонцате кои беа поддадени на бугарската круна беа искористувани за својата политика. „Зговорот“ низ устата на својот професор Александар Цанков изјавуваше, дека македонското прашање е бугарско државно прашање и дека државата е овластена да се занимава со него, и како наоѓа згодно за неа да го реши.\nЕте, тие јавни искажувања по македонското прашање, од страна на бугарската државна власт, беа многу згодни за грчката влада, која сакаше по силата на таа бугарска државна тајна, за да го развлече разрешувањето на македонското национално прашање за Македонците, кои се наоѓаа под бугарска власт. И развлекувањето на тоа прашање стана, штом се повика бугарската влада што побргу да ликвидира со имотите на Македонците, кои се наоѓаа во Егејска Македонија „доброволно“ да се преселат во Бугарија.\nМеѓутоа, таа проба на грчката влада сретна очајничка сопротива од страна на бегалците, кои со резолуција од 27. II. 1922 година, донесена од емигрантското собрание во Пловдив и Варна, смета, од поднесената декларација, дека ликвидирањето на имотите кои се наоѓаат под грчка власт не е обичен финансиски акт, а пред се политички акт на влафите, кои меѓусебно се разбираа за сметка на Македонија и за нејзината територијална целина.\nЕмиграцијата длабоко проникна од идеата за слободата на Македонија, во точка 5 од Резолуцијата изјавува: „Не признава никаква грчко-бугарска или општоевропска комисија, која поставува за задаток ликвидирање со имотите на Македонците изгнаници“.\nСо точка 8 собранието обрнува внимание на членовите претседатели на големите сили во организираната мешовите комисија за ликвидирање на имотите на Македонците под грчка власт, дека тие не по своја волја стануваат орудие на вешто скроениот план за зацврснување на туѓото господство во Македонија.\nПротестот на пловдивската и варненската емиграција беше поткрепен од целата емиграција во Бугарија.\nВладата на Самболиски избегаваше од таа комисија. Нејзините разбирања по македонското прашање се подржуваа со принципите на автономна идеа, која Стамболиски ја подржуваше заедно со македонските револуционери. Тој сам изјавуваше да чујат сите, дека е готов да ја отстапи Македонија под бугарска власт во интерес на економските и политички интереси на македонскиот народ. Но Стамболиски ја изгуби власта и владата на деветојунската „зговорничка“ власт извршуваше тоа, што и’ диктираа од странство.\nТака се дојде до конценцијата Кафанидарис – Молов, со која што се преселија 40.000 Грци од Бугарија и 200.000 души Македонци од Македонија под грчка власт, кои живееја таму со векови.\nСо таа конвенција се нанесе удар на македонските населби кои се наоѓаа до ѕидиштата на гр. Солун. Тој удар беше стоварен на живиот споменик на старата Славунија, чие што население Византија не можеше да го истера, ниту пак да го асимилира.\nПолитиката на бугарската буржоазија за иселувањето на Македонците од Егејска Македонија беше пораженска и издајчничка по однос на самите Јужни Словени. Тоа значеше разредување на македонскиот – славјанскиот елемент во Источна Македонија и да се оневозможи на Јужните Словени да слезат на топлото море. Србите откажуваа да потпишат слична конвенција. И владата на Стамболиски немаше да ја потпише иако беше поканувана неколку пати.\nПодавена во крв, македонската емиграција, за која стануваше збор, по масовните убиства што станаа после јуни и септември на 1923 година и во подоцнежните години, не смееше веќе да протестира, како што направи во 1922 година. Националниот комитет на македонската емиграција – послушно орадие на деветојунската власт на „зговорот“, го даде своето согласие за потпишувањето на конвенцијата за ликвидирањето на македонските имоти, за ликвидирање не само на приватните имоти, а и колективните стопански имоти, какви што беа црквите и нивните училишта.\nПреселените Македонци, деветојунците ги оставија на немилост на судбината. Владата на деветојунците пливаше во италијанските води. На Балканот во тоа време се крстосуваа интересите на Италијанците и Французите. Во средината на „зговорот“ кој управуваше се појави пукнатина. Покрај италијанофилството се појави и франкофилство. Еден дел од „зговорот“ започна да ја негира ползата од италијанофилството и да агитира за ориентација на надворешната политика на Бугарија кон Франција. По прашањето за ориентација на „зговорот“ дојде до расцеп во нивните редови. Тој расцеп се пренесе и во редовите на потчинената на „зговорот“ ВМРО. И во ВМРО стана расцеп. Членовите на ЦК на ВМРО – Иван Михајлов кој беше избран за член на ЦК после смртта на Тодор Александров, од една страна и Протогеров и Ѓорѓи поп Христов од друга се разделија. Настапи несогласие по методите на вооружената големобугарска пропаганда: дали да се вршат атентати во Југославија, погодни за ревизионистичкиот италијански и бугарски фашизам или не. При разгледувањето на тоа прашање Цанковото крило ја подржуваше линијата да не се вршат никакви атентати, да се запрат провокациите спрема Југославија и да се оди во Франција, која беше во пријателски односи со Југославија. Допуштените пратеници од Пиринска Македонија, што беа дадени како мираз од деветојунците на нивните сојузници од александровата ВМРО за нивното учество во деветојунскиот преврат, во спорот за надворешната ориентација на Бугарија ја зимаа страната на Андреј Љапчев. Царот поради лични династички интереси, привремено се определи кон италијанската политика и ја зема страната на Љапчев. Обратно на тоа, Љапчев ја знаеше желбата и расположбата на царот, затоа се определи и ја прими линијата за ориентација кон Италија. Љапчев беше итар политичар. Тој го знаеже безпринципното поведение на царот, дека тој,царот, нема да ја задржи италијанската линија порадисвоите задолженија кон Германија, но Љапчев ја наложуваше својата амбиција да го исфрли од врвот на управувањето проф. Цанков. Тој го елеминира Цанков и го забрза неговото кутнување од власт.\nСтана сродување на италијанскиот и бугарскитот двор. Љапчев беше посредник за оженувањето на царот со италијанската принцеза. Се зацврсна италијанофилството.\nЗа паѓањето на Александар Цанков од власт влијаеја и други причини. Го оптужуваа дека сака да стане едноличен диктатор, исто како Мусолини и да го стави во сенка, ограничувајќи ги неговите прерогативи. Но главната причина за неговото симнување, се разбира беше тоа, што неговото име беше сврзано со крвавиот терор во земјата и поради тоа беше неподнослив во Бугарија и непријатен за странство. Преминувајќи кон привремената и приватната стабилизација на капитализмот на бугарската буржоазија и беше потребно „омиротворување“ на земјата, каква што Цанков со неговите методи на управување не межеше да ги даде.\nПолзувајќи ги привелегиите, што ги дадоа деветојунците, побугарените Македонци, бидејќи беа во служба на врховизтот, создадоа македонска банка со клонови во сите градови во Пиринска Македонија. Против тоа народњаците во Бугарија први за’ржаа и распирија една македонска фобија. Се започна политика за отстранувањето од власт на „македонствујуштите“ во Бугарија. Таа политика наоѓаше сериозна основа за оправдување кај еден дел од буржоазијата која управуваше и која го оспоруваше правото на „македонствујуштите“ да организираат банки за трговска и стопанска експлоатација на произподствените сили во Македонија, која се наоѓаше под бугарска власт.\nПотпомогнувани од Фердинанда, а подоцна од неговиот син Борис, оние Македонци во Бугарија, кои ја спроведуваа македонската политика, израснаа како буржоазија од македонско потекло, силно побугарено и врховизирано. Во 1923 година тие организираа и Македонска кооперативна банка. Македонската народна банка ги кладе под големобугарско влијание кооператорите и ситните сопственици кои ги служеше, втората ги присвои стопанските блага на населението од Пиринска Македонија. Таа го рашири своето влијание и над бугарскиот трговски свет. Постепено грубата конспирација на „македонствујуштите“ големобугари се преврти во едно легално шпекулативно претпријатие кое тргна по патот на експлоатацијата на животни сили на населението на Пиринска Македонија.\nТаа го разлути од беснило крупниот бугарски капитал, кој разбирајќи дека новата капиталистичка македонска група е под големобугарска политика, поткрепување од дворот, и’ објави војна. На таа база отпочна борбата против Македонците во Бугарија. Новинарите не ги одделуваа Македонците со делото на својата татковина Македонија од родоотстапниците и побугарените о обогатените од трговија, и се договорија за македонофобија. Шпекуланскиот капитал преку своите жолти органи ја објаснуваше македонофобијата со вршените бесразборни убиства од страна на Иван Михајлов. По убиствата што се вршеа беа поткртувани од круната. Тоа најјасно се виде после убиството на Александар Протогеров. Тие кои што не можеа да зборуваат против круната, изборуваа општо против Македонците, и сееја на натаков начин македонофобија но македонофобија немаше, а имаше коронофибија, како во средината на еден дел од буржуазијата, исто така и во целиот бугарски и македонски народ.\nВо суштина македонофибијата и коронофибијата во Бугарија, беше едно и исто, кои распируваа омраза на Бугари и Македонци спрема германизмот. Италијафобството на Љапчев за круната беше прикриено. И Љапчев беше стар за да разбере дека круната го потпомогнува ''михајловизмот'' заради германизмот. Круната сакаше да го натури и зацврсне во моментот германското влијание. И тоа подоцна го направи.\nПолитиката за поткрепување на Иван Михајлов, која беше наречена михајловизам против Протогеров и неговите луѓе – кои беа наречени протогеровисти, не се бендисуваше на оние од другата страна на „зговорот“, кои го оспоруваа правото на „македонската буржоазија да ја експлотират“ Македонија под бугарска власт.\nТаа страна на „зговорот“, која идеше со круната, потпомогната од побугарените Македонци, во лицето на михајловистите гледаше дека сила за зацврснување на круната и власта на „зговорот“, и нивното запазување од одговорност пред народот, кој се бореше против круната и „Зговорот“. Таа ја подржуваше италијанската оријентација.\nДругата страна на „зговорот“ го гледаше својот спас во ориентација на Бугарија кон Франција и нејзината надворешна политичка система.\nКруговите од француската ориентација не беа доволни од круната, поради тоа што таа фактички во своите раце ја беше централизирала политичката власт и ја саботираше еволуцијата на буржиазијата кон францускиот систем.\nОд побугарените Македонци, што се определија за политиката на круната заедно со Иван Михајлов, се нарекоа михајловисти. А тие што беа за француската ориентација се нарекоа протогеровисти. Двете страни од „зговорот“ ги исползуваа двете сопствени страни во расцепената ВМРО за решителен удар. Се постави прашање на измамување. Во разговорот на псовиките и проклетствата против врвоите на „зговорот“ и против тие на расцепената од него ВМРО, во силните сомневања, дека Протогеров прв ќе нанесе удар, Иван Михајлов со знаењето и одобрението на царот испрати терористи, кои го убија Протогерова. Тоа се случи на 8 јуни 1928 година.\nНо со убиството на Протогеров не можеше да се реши капитулацијата на другата страна од „зговорот“. За протогеровистите тоа беше само сигнал... Тие испратија експедиција од вооружени четници во Јундола на две групи. На едната на чело беше Пандо Струмички, а другата на чело со Борис Изворски. И двете тие групи неупатени во тајната на расцепувањето и убиството на нивниот водач, генерал Протогеров, останаа на јавна опасност. Таму се судрија со грубата дејствителност. Тие знаеја дека одат меѓу населението од Пиринска Македонија да бараат четници на Иван Михајлов, да се справат со нив и да ја завладеат за своја зона Пиринска Македонија. Но сретнаа бугарска војска и мобилизирани помаци, кои ги победија пехотниците. Фатените живи четници од војската беа предадени на џелатите на Михајлов, предводени од скопскиот лумпак Величко Велјанов (Чичото) кој најѕверски ги мачеше и уби. Виличко Велјанов (Чичото) беше истиот кој заедно со Андро Долгиот и Христо Симеонов, беа преместени од Тодор Александров во одредот на Капетан Харлаков и кој ја донесе во торба главата на Александар Стамболиски пред царот за кое што спомнавме погоре.\nТака ''протогеровистите'' изгубија голем дел од своите терористи, во кои има надеж. Тоа ги принуди да преземат одбрамбено поведение. Но тие не се плашеа, не капитулираа. Нивните потстрекувачи доаѓаа од друга страна на расцепениот „Зговор“ и од сите кругови кои не ја примаа политиката на протерано разгалено италијанофилство.\nПоради тоа што власта мина во рацете на Анреја Љапчев, михајловистите станаа дрски и минаа во настап. За ден, два на улиците паѓаа убиени протогеровисти. Протогеровистите започнаа да се кријат и почнаа да претрпуваат порази. Убиствата се потстрекнуваа од владата. Со помошта на полициските и војни органи се одвлекуваа и беа фрлени во автомобили членови на противничката странка. Беа одвлечени и членовите на протогеростичкиот Ц.К. Георѓи пот Христов неговиот пратилец Кирил Прличев и одделни протогеровисти.\nМихајловистите го убија со митралези и бомби познатиот – „македонствујушт“ Димитар Димаша, од село Мурарци, Кукушко. Тој, со своите подвизи беше легендарен во хасковската чета на Мито Ганев, кој дејствуваше за време режимот на Александар Стамболиски. За неговите подвизи се искажаа самите михајловисти во нивниот орган „Слобода или смрт“, откако го убија, дека славата на Мито Ганев се должела на хероизмот на Димитар Димаша, кој соработувал со него и зимал учество во сите набези и поголеми напади и пљачки. Димаша беше храбар до лудило и со верна машкост на своето оружје. Тој го отепа офицерот што ја водеше потерата против четата на Мито Ганев. Војводата Ганев стана легендарен преку Димитар Димаша. Димаша водел борба и со бугарската полиција во гр. Горна Џумаја, заедно се Туше Скачков (убиецот на Наум Туфекчиев) непосредно после демобилизацијата на бугарската војска, после завршувањето на Првата светска војна. Тој се поврза со Мито Ганев и успеа да се спаси од потерата на полицијата и луѓето на Тодор Александров. Туше Скачков не се покажа опитен, се остави да го убијат луѓето на Александров. Противник на Алексанров на големобугарите беше и другарот на Скачката Иван Палјош, кој успеа да ја премине границата и се спаси. За Димаша ние одделуваме повеќе место за да зборуваме, затоа што преку него се открива една поголема страница за собитијата. Тој стана жртва на Алеко – Паша, кој со окружното во 1922 година излезе до сите нелегалци, анархисти и компромитирани лица пред власта во Бугарија, да се одзоват при Алеко Паша и влезат во редовите на ВМРО, која се обновуваше, каде тие ќе најдат заштита и покровителство. На тоа Алеково окружно многумина анрхисти и нелегалци од Бугарија дојдоа на тој повик и се уброија во четите кои ги организираше Алеко во Пиринска Македонија. Влијанието на Алеко меѓу населението од Пиринска Македонија беше големо. Тој наивник сам се даде на расположба на Тодор Александров и по навика од старо време појде да ја ослободува Македонија за сметка на италијанските империјалисти и за бугарските реваншисти и за верниците за ревизија на мировните договори и војна. Алеко беше бивш санданист и како таков привлече многумина од санданистите во редовите на ВМРО и многумина кои станаа нелегални од различни причини и анархисти во кој што број беше и Димитар Димаша, иако малку анархистички поткован, кого александровците го пронајдоа поради неговата класична храброст. Спрема неговите заслуги фашистите се покажаа многу неблагородни. Тој е човекот кој го спаси Петричкиот крај од бандите на генерал Пангалос, кои навлегуваа самоволно во Пиринска Македонија, со цел да навлезат во длабочината на бугарската територија.\nКога дојде до расцепот при „зговористката“ поделба – банда која што се нарече ВМРО, Димаша ја зема страната на Протогеров и појде со експедијата во Јундола да ги уништи михајловистите. Но наместо тоа ние видовме од кого беа уништени. Тогаш Димаша се спаси, но на самоковскиот пат беше опсаден од полицијата, предводена од Коце Михајлов (брат на војводата Панче Михајлов – б. н.) и во пушкарењето кое стана беше убиен.\nПоткрепени од полицијата михајловистите ја земаа редакцијата на в. „Македонија“ и просториите на „Македонскиот национален комитет„. После убиството на Протогеров, неговиот пријател д-р Дино Станишев, кој во моментот беше претседател на МНК, даде публично признание дека МНК ја признава за ВМРО таа организација на чело на која стои Иван Михајлов, а протогеровистите не ги признава ни за каква странка. Самиот д-р Дино Станишев немаше никакво чувство на македонски деец и не беше дури избран за делегат на кукушкото братство, затоа што немаше никакво влијание при населението од Кукуш, а неодговорните од така наречената ВМРО го наложија за претседател на Македонскиот национален комитет на емиграцијата во Бугарија.\nТаков беше и изборот за претседател на МНК на д-р Дино Станишев. Тој нескопостник беше, што ја одобри конвенцијата, нареди и ја окуражи емиграцијата да дава декларации за ликвидирањето на имотите во Егејска Македонија. И тој човек идеше во странство испраќан од владата да ја заштитува каузата на бугарски малцинства во Југославија, без да се срами, дека е претседател на МНК и дека испаѓа во противречност со името на фирмата, која ја претставуваше. Тоа тој го правеше за тоа што немаше кураж самостојно да мисли, во духот на интересите воопшто на македонската борба.\nПо тие причини МНК не го подигна протестниот глас против убиствата, а се приближи кон силната страна на убијците и институтот на МНК во гнездо на Иван Монев (зетот на Тодор Александроб – б.н.), каде тој ги приготвуваше црните списоци и ја решаваше судбината на оние прогресивни дејци, како што тој наоѓаше за нужно, да бидат убиени.\nКога на другиот ден, после убиството на Протогеров, зачестиј убиствата, бугарската штампа запази гробно молчание. Голем страв завладеа во бугарската општественост. Еден единствен од журналистите Југс се осмели и напиша против убиствата, но на другиот ден беше убиен. После неговата смрт никој од журналистите не смееше да се појави, никој не смееше да зборува за убиствата. Убијците торжествуваа. Тогаш Иван Михајлов лумпуваше во министерството на војната заедно со својот другар по садизам генерал Иван В’лков – тогашниот министер на војната во Бугарија.\nУбиствата беа повод за редица причини. Тие се окуражуваа тајно од еден центар, од еден фактор. А тој центар и фактор беше царот. Бугарските граѓани царот ги разделуваше на два табора. Тој на своја страна ги провлекуваше побугарените Македонци, кои ја примаа неговата команда. Ним царот им даваше неограничено право да убиваат. Тие под негов патронат беа дрски и отепуваа. Под раководството на цар Борис насекаде по територијата на Бугарија и таа во Македонија под негова власт, владееше подлост, сплеткарство и рутинерство. ЕМиграцијата се бореше, но не можеше да се справи со фашистичката стихија, која се распируваше од цар Борис. Весниците имаа право да го одбележуваат убиството само како факт: „македонски убиство“, „ново македонско убиство“ или „убиен Македонец од крилото на Протогеров,“ „убиен Михајловист“ ит.н. заубиените лица и за убијците. Убиствата се опишуваа во нивните најтемни подробности, нивните физиономии, нивното облекло, нивниот изглед, начинот на убиството како прибегнувал убиецот и др., што виделе свидетелите за напаѓањето, сигнализации, чудни работи ит.н. Но за причините на убиствата никој не можеше, никој не се осмелуваше да пишува.\nОд денот кога го убија генерал Протогеров, скоро цела година по улиците на Софија и во провинциските градови стануваа политички убиства. Убиените беа протогеровисти. Но подоцна стана наопаку, почнаа да паѓаат по улиците и михајловисти. Тоа беше нова појава.\nПолитиката се промени во полза на протогеровистите. Тоа беше резултат што еден дел од буржоазијата се ориентира кон покажаниот од Коста Тодоров француски систем. Тоа беше резултат на извидување и политика на француското посланство во Софија и на усилбите на министерот Камбион, да ја привлече бугарската буржоазија на француската страна.\nПо таков начин и со богато наградување од средства што се изпраќаа од француските банки посекретни патишта, протогеровистите создадоа свои екипи. Тие довлекоа и дел од неутрален елемент. Една група од левичарски настроени елементи, кој се состоеше од Стојанчо Лазаров, Борис Поцков, Христо Рутев, Тано генералот, Спас Сарајски, Атанас Нушков и др. една ноќ го опсадија домот на Георѓи Кондов, кој беше потпреседател на Македонскиот национален комитет, со цел, да му ја запалат куќата и да го увијат Иван Михајлов, кој што влегол таму. Иван Михајлов бидејќи бил во опасност, соопштил по телефон во командантството и за миг била дигната на нозе целата коњичка и моторизирана полиција, која го опсадува целиот квартал и наоружаните околу куќата протогеровисти. На опсадените им се даде наредба, за пет минути да ги напуштат позициите, за да не би дошло до проливањето на крв.\nТака полицијата го спаси Иван Михајлов.\nПо внатрешни побуди и политички причини се умеша и сојузот на резервните офицери. Генералите Сирманов и Мидилев се обидоа да ги умират михајловистите, да ги помират непријателите, да замолкната караниците.Но противоречностите меѓу овие странки беа толку силни, што обидите на двајцата генерали останаа без успех, нивните усилија ударија на камен. Михајловистите ги викаа протогеровистите „пораженици“, а протогеровистите ги викаа михајловистите предавници на македонското дело – „каиновци“. После револверскиот двобој странките што се бореа се оцрнуваа и пуштаа лигави порнографски белешки за водачите на двете странки.\nПо таков начин странките што се бореа, преку бугарското општество и македонската емиграција сами го раскрија својот гол кариеризам и својата поткупувачка ролја. Освен в. „Македонија“, михаловистите организираа за полесна борба и в. „Време“, а протогеровистите в. „Вардар“. Протогеровисти се опитаа да го убијата редакторот на в. „Време“, но не успеа.\nПо линијата на власта и таа на италијанскиот фашизам михајловистите започнаа политика на побратимување со Хрватските емигранти во Австрија, водени од Анте Павелиќ и Перечец. Последните дојдоа во Софија и бурно го потпишаа „Договорот“ со емигрантите на Иван Михајлов за единствена борба против Белград. После тоа зачестија четничките навлегувања и атентати во Хрватска и во Македонија под југословенска власт.\nТие бурни манифестации на зближување со Хрватските емигранти и предавствата што настанаа во Македонија и во Хрватска беа резултат на Италијанската фашистичка агресија, која беше обединета со бугарската, го поткрепуваше духот на конспирација во името на едно антибугарско, антимакедонско, антихрватско и во општо на едно антијужнословенско разрушувачко дело.\nТака владата на Андреј Љапчев со ВМРО на Иван Михајлов и „емиграцијата“ на д-р Дино Станишев, кои во сушност беа реваншистички бог во три лица, заедно со хрвстските емигранти на чело со Анте Павелич и Перечец пливаа во италијанските империјалистички води по патот на реваншизмот за запалување на една нова светска војна.\nПо заминувањето на Павелиќ и Перечец од Софија, како гости на „МНК“ и со политичка мисија допатува и пречанецот Перо Грубер. Националниот комитет му приреди банкет. Во „Градското казино“ каде што беше банкетот, како и при банкетот на Павелич и Перечец, се собра „елитата“ на македонската емиграција. Таа „елита“ се состоеше од старите псалмопевци на реваншизмот и погромаџиски кругови и екзархијата, лакеи од типот на Карајовов, Љапов (Ѓурин) проф. Балабанов, проф. Георгиев, проф. Милев, проф. Милетич и др., се одбор софиски херои, кои беа постојани советници на секоја бугарска влада и агенти на нивната политика за ослободувањето на македонскиот народ преку војна. Тие се потпалувачи и сеирџии. Тие се резерва манифестанти со црни бајраци на бугарската буржоазија, која ги исползува, кога ќе и диктираат нејзините интереси, за да направи диверзија поволна на нејзината надворешна политика. На големобугарите им беа потребни и такви луѓе. Тие со нив се дополнуваа.\nВо „Градското казино“ на банкетот што беше даден во чест на Перо Грубер, поканети беа сите претседатели на братствата во престолницата. Претседателот на МНК д-р Дино Станишев го отвори банкетот со клиширана фраза, која му беше оставена од Каранџулов: „Македонските Бугари“ оттаму и „македонските Бугари“ оттаку, пружаат рака на Хрватите и Србите од Преко и ја отпочнуваат борбата против Белград. Со такви зборови Станишев се упати кон пречанецот Перо Грубер и јудински го бакна. На јудинското бакнување Грубер јудински одговори и ги излеја своите, „братски“ чувства и го потврди со бакнување сојузното разбирање на Пречанци и Хрвати и на Хрвати со Бугари.\n- Јас би сакал, рече Грубер, да ги однесам во својот споменар потписите на Вас, кои присуствувате тука, за да ја посведочам вашата готовност, а исто така и нашата за општата наша борба против Белград. Овие Ваши потписи јас ќе ги однесам, дополни Грубер, кај нашиот народ и тие ќе ми помогнат при распалување на силата, која произлегува од нашето обединување.\nД-р Станишев прв го даде својот потпис, а потоа се заредија сите од неговата компанија и сите претседатели на престолничките братства. По предлог на самиот д-р Станишев, сите ги кладоа потписите јасни и разбирливо.\nНа другиот ден, после банкетот, членовите на „МНК“ се сликаа со Перо Грубер. Станишевците го прошетаа Грубера по разните официјални установи и го запознаа со разни лица, официјални помагачи на Иван Михајлов, со кои Грубер се сликаше. Со својот апарат, Грубер ги сликаше сите, се што му правеше впечаток. Тој сликаше се за скап „спомен од Бугарско“, како што се изразуваше Перо Грубер.\nНајпосле Грубер се сретна со шефот на „ВМРО“ – Иван Михајлов. Тој имаше желба да ги види сите нелегални дејци, сите началници на терористички групи и разни функционери, кои заземаа служба при Иван Михајлов. Го прошетаа по разните складови со четнички униформи. Грубер сликаше по зовможност се и сето поради скапиот „спомен од Бугарско“, се во името на идеата за борбата против Белград.\nПо таков начин Грубер дојде до стварните докази за постоењето на една неодговорна банда во Софија која го прикачила името ВМРО и на една „емиграција“, организирана во братствата, која што преку централниот институт МНК игра по музиката упатена од бугарската блада.\nСе дозна дека испратениот револуционер – Пречанецот Перо Грубер бил агент на дирекцијата на полицијата во Белград. Тој дошол по конспиративен пат за да ја проучи тајно состојбата на владата на Андреј Љапчев, која даваше налог и ги поткрепуваше убиствата.\nПосле заминувањето на Перо Грубер, Југославија упати протестна нота до бугарската влада. Таа нота беше силна и убиствена, основана на факти, што не можеа да се откажат. Министерот на надворешните работи Атанас Буров остана изненаден од умението на полицајот Грубер и от кусогледоста на д-р Дино Станишев.\nБуров го повика Дино Станишев со целата негова тајфа во својот кабинет и им ги покажа стварните докази кои ги содржеше нотата на Југословенската влада. Но тие факти не ги оцртуваа во бандитизам д-р Дино станишевците и михајловистите, а самата бугарска власт и Буров го знаеше тоа, поради кое не можеше да преземе мерки против станишевците и михајловистите, кои ги вршеа убиствата со поткрепа на бугарската власт. Во кабинетот на Буров, кога тој ги повика на објаснение, тие не се чувствуваа притеснети. Самиот Буров учтиво им се извини за безпокојството и татковски ги советуваше друг пат да бидат повнимателни во такви случаи кога примаат туѓинци.\nПечатот ништо не пиша за посетата на Перо Грубер. Секој кој зборуваше за него, рескираше да биде убиен.\nНаближуваше годишниот конгрес на братствата. Делегатите на братствата се приготвуваа да го нападнат МНК и целата негова убиечка политика, која го компромитираше македонското име. Затоа и МНК ја предупреди емиграцијата со две предконгресни убиства. Жртва на предконгресното убиство во 1932 год. беше Борис Поцков, родум од гр. Струмица. Во надвечерието на самиот конгрес за таа година македонскиот „МНК“ свика конференција во македонскиот младински дом. На таа конференција д-р Дино Станишев изјави дека делегатите се повикуваат со цел да размислат, какви мерки ќе треба да се преземат против комунистите во братствата, кои по негови податоци сакале да испратат 100 делегати, да го преземат конгресот и изберат комунистички македонски национален комитет. Во сушност комунистичко движење во братствата немаше, а имаше борба против убиствата вршени со помошта на МНК. Опасноста од комунизмот се спроведуваше вештачки, како да се давало извештај на полицијата, за да сконцентрира внимание на страната на МНК, кој од страв претерано дигаше врева за да не се разкријат тајните на неговите крвави дела.\nКонгресот пред 1932 година се одржи во театарот „Ројал“. Д-р Дино Станишев за демагогија цинично изјави, дека тие скршнале од автономната идеја на Македонија, и со некој отступања и грешки придонеле за оддалечување на желбите на Македонците да го следат патот кон таа идеја. Самиот конгрес беше организиран под знак на терор. Три четвртини од делегатите беа повикани од Пиринска Македонија, испратени од Иван Михајлов, како делегати на емиграцијата. Вратите на конгресот беа пазени од терористи. Низ ходниците крстареа прононсирани убијци како Страхил Топуков, Атанас Грчето, Петар Герасимов, Чавчето, Спас Таушанов и многу други. Вечниот претседател на сите емигрантски конгреси Панчо Тошев од гр. Штип го прекинуваше зборот на секој, кој правеше проба да зборува објективно. Тие кои се однесуваа критички кон делата на МНК, беа симнувани од трибината. Од трибината беш симнат Димитар Поп Ефтимов, делегат од Варна. Симнат беше делегатот од малешевското братство Никола Петрев, Кирил Илиев од дојранското и Коле Бачев од пловдивското братство. Кољо Бачев имаше храброст да ги запраша членовите на МНК да му кажат што знаат за Перо Грубер. Името Грубер беше доволно и михајловистите се наострија против делегатот Кољо Бачев.\nЕте, на тој конгрес се пројавија сите песнопојци на „Мила Родино“, кои ги вознемируваа сите делегати што не го примаа отчетот на МНК. На конгресот од 1932 година цинизмот на предавниците на македонското дело стигнаа до врвот на својата предавничка и поражеснка дејност. Делегатот Петре Ацев – воспитаник на царските професори се качи на трибината и цинично извика: ''„Кој вика тука да запрат убиствата? Не, убиствата нема да запрат, додека има тука српски шпиуни. Убиваме и пак к’е убиваме. Убиствата к’е продолжат“''.\nАцев ги имаше пред вид луѓето на ориентацијата кон францускиот систем – протогеровистите, што ги сметаше за српски шпиуни. Протогеровистите, викаше тој, добиваат пари од српскиот крал Александар, ние нив ќе ги убиваме. Ацев зборуваше како мандатор на михајловистите, кои пак добиваа пари од цар Борис и од Мусолини, а тие ги управува во духот на немири во услуга на политиката за ревизија на мировните договори по пат на провокации за предизвикување на Втората светска војна, која што светот ја преживе. (Б. Н. Петар Ацев не е стариот Петар Ацев што беше прилепски војвода).\nПоради малата промена на курсоот на внатрешната и надворешната политика на владата на Народниот блок, што дојде на власт во 1931 година журналистите станаа дрски и го одбележија цинизмот на конгресот на македонските братства што се одржа во театарот „Ројал“. Но обвинителите не сакаа да го фатат за уво тој, што јавно заплашуваше дека отепува и пак ќе отепува. Обвинителите знаеја, дека цинизмот на Петар Ацев, кој го одбележија журналистите, е пред се цинизам на самите раководители на Бугарија, кои се валкаа во утајката на буржоаската и дворска политичка смрдеж, кои конспирираат зад спуштената завеса, газејќи го основниот закон. Журналистите во 1932 година се почитуваа и малку послободни, но внатрешната политика за убиствата се засили и ги заплашуваше луѓето кои останаа слободно да мислат и воопшто граѓаните пак си останаа изплашени од тие крвави злодејства. Конгресот на братствата што се одржа во 1932 година во театарот „Ројал“ мина лично под знакот на лажната демократска Гергинова полиција, која беше претставител на дојдениот во 1931 година на власт „Народен блок“, составен од четири партии земјоделци, демократи, либерали и социјалисти – опозиционери на „Демократскиот зговор“. Блоковата власт дојде во името на паролите: „Прекратување на убиствата“, „слобода на зборот и печатот“, „давање општо политичка амнестија“, „тесни врски со комшиите“ и пред се такви со СССР. Но „Блоковата власт“ скршна од дадените сетувања, дадени на народот во предизборната кампања.\nДолната скица ни ја оцртува положбата на конгресот на македонските братства, што се одржа во театарот „Ројал“, под знак на ''Блоковата власт'':\n- Христо Шалдев, делегат од Ениџе-вардарското братство, ја одобрува работата на МНК.\nСтефан Попов од свиленградското братство, сборува: „Македонското прашање не е прашање на бугарски малцинсвта ...“\n- Кој зборува тоа? . . . Долу . . .\n- Д-р Јанчулев, бивш приватен секретар на Андреј Љапчев, ресенски делегат, зборува: „Да се организираме здраво против српската пропаганда“.\n- Браво о-о-о-о.\nДимитар поп Ефтимов – варненски делегат. Уште не почна да зборува и . . . врева долеее! Тропање и пак долеее! Делегатот слегнува.\nКирил Илиев – дојрански делегат: „Протестувам за тоа што при моето влегување во конгресот непознати луѓе на сила ме завлечкаа во една собичка и ме претресоа во присуство на секретарот на МНК – Васил Василев.\n- Врева. Долеее!\n- Се запирам на писмото од Лигата за борба против империјализмот.\n- А-а-а! По докладот ли е тоа. Долеее!\n- Слегни отаде!\n- Зошто да слегнам, јас сум делегат.\n- Панчо Тошев, претседател на конгресот, ѕвони.\nОстајте го да зборува.\n- Кирил Илиев, исплашен, се обѕрна и предизвика смев.\nВо тој момент во ходникот некулмина од терористите ги извиткуваа рацете на делегатот Кољо Бачев, мачејќи се да го завлечкаат во клозетите и да го отепаат.\n- Што е тоа? . . .\n- Спокојствие, на една жена припадна . . .\n- Ангел Динев: да тргнеме братски кон победата. Да ја симнеме маската на крвопиецот Александар Цанков.\n- Не е наша работа . . .\n- Тоа не не интересува. Врева . . .\n- Ангел Динев: бугарските министери не го познаваат македонското прашање, тие само прават пречки. Вистина а-а-а-а. Ангел Динев: Само еден од министрите го познаваше македонското прашање. Тој беше Александар Стамболиски, кој рече: „Македонците се ирландски Славјани на Балканот, и тие ќе се борат . . .\n- А,а,ааааа! Врева.\nМакедонската парламентарни група дреме во камарата, таа не го подржува македонското прашање.\n- Врева . . .\nЕте во таква форма се развиваше политичкиот живот на Македонците во Бугарија, каде што бесната олуја на неодговорноста ја рушеше моралната вредност на бугарскиот и македонскиот народ.\nТаа крвава баханалија се набљудуваше со тапа равнодушност и длабоко спокојство од еден дел на бугарската буржоазија. Но народот никога не престана да се бори. На 21 јуни 1931 година тој ја напна својата енергија, ја заостри борбата и го симна од власт правителството на Андреј Љапчев и ја даде власта на тогаш формираниот од четирите партии, така наречен НАРОДЕН БЛОК. Но и новата власт на НАРОДНИОТ БЛОК, за чии дела ќе зборуваме, не ги исполни желбите на народот да се запрат убиствата. И таа власт ја исполнуваше вољата на цар Бориса и се преклонуваше пред неговите неодговорни слуги, кои цинички извикуваа: „Утепувавме и ќе утепуваме“.\nМеѓутоа, по 21 јуни 1931 година, оската Софија – Рим се премести и убиствата, малку подоцна по конгресот во театарот „Ројал“ во 1932 година започнаа да се извршуваат по линијата на оската „Софија-Берлин“.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_IX._%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D1%88%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%B8_%D0%B1%D1%83%D1%80%D0%B6%D0%BE%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82", "word_count": 8256, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10095", "title": "Европска конвенција за заштита на човековите права", "text": "Владите потписнички, членки на Советот на Европа, Имајќи ја предвид Општата декларација за човековите права, која Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои на 10 декември 1948 година;\nИмајќи предвид дека таа Декларација има за цел да обезбеди општо и ефективно признавање и исполнување на правата утврдени во неа;\nИмајќи предвид дека цел на Советот на Европа е да постигне поголемо единство меѓу своите членки и дека едно од средствата за постигнување на таа цел е заштитата и развојот на човековите права и основните слободи;\nПовторно потврдувајќи ја својата длабока приврзаност кон оние основните човекови слободи, кои ги чинат темелите на правдата и мирот во светот и чија заштита, од една страна се засновува врз вистинската политичка демократија, а од друга страна - врз заедничкото сфаќање и почитување на човековите права, од кои тие слободи зависат;\nРешени, како влади на европски земји, со исти стремежи и заедничко наследство на идеали и политички традиции, почитување на слободата и владеењето на правото, да ги направат првите чекори за колективно гарантирање на определени права утврдени во Општата декларација,\nПотврдувајќи дека Високите договорни страни, во согласност со начелото на субсидијарност, имаат примарна одговорност да ги обезбедат правата и слободите дефинирани во оваа Конвенција и во нејзините Протоколи, и правејќи го истото уживаат дискреционо право, што подлежи на надзорна надлежност на Европскиот суд за човековите права утврдена со оваа Конвенција,\nСе согласија за следното:\n0.1 Член 1 – Обврска за почитување на правата на човекот\nВисоките страни договорнички им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и слободите утврдени во делот I на оваа Конвенција.\n1 Дел I – Права и слободи\n1.1 Член 2 – Право на живот\n#Правото на живот на секој човек е заштитено со закон. Никој не може намерно да биде лишен од живот, освен со извршување на смртна казна, изречена со судска пресуда, со која е прогласен за виновен за кривично дело кое, според законот, се казнува со таква казна.\n#Се смета дека одредбите на овој член не се повредени доколку смртта настапила како резултат на апсолутно потребна употреба на сила:\n##во одбрана на секој поединец од незаконско насилство;\n##при апсење според закон или спречување на бегство на лице уапсено врз основа на закон;\n##при законско спречување на немир или бунт.\n1.2 Член 3 – Забрана на мачење\nНикој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.\n1.3 Член 4 – Забрана на ропство и принудна работа\n#Никој не смее да биде држан во ропство или во ропска зависност.\n#Никој не смее да биде присилен да врши принудна или задолжителна работа.\n#Во смисла на овој член, за «принудна или задолжителна работа» нема да се смета:\n##секоја работа која нормално се бара од лицата кои се наоѓаат во затвор под услови предвидени во член 5 од оваа Конвенција или за време на условниот отпуст;\n##секоја служба која има воен карактер или некоја друга служба наместо задолжително служење на воениот рок, кога се работи за лица кои се повикале на приговор на совеста во оние земји во кои тоа е предвидено со закон;\n##секоја служба која се наложува во случај на опасност или несреќа, што го загрозува животот и благосостојбата на заедницата;\n##секоја работа или служба кои се составен дел на вообичаените граѓански обврски.\n1.4 Член 5 – Право на слобода и безбедност\n#Секој човек има право на слобода и на безбедност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен врз основа на закон во долунаведените случаи:\n##ако издржува казна затвор по пресуда на надлежниот суд;\n##ако бил уапсен или притворен поради противење на законскиот налог на судот или со цел да се обезбеди извршување на со закон пропишана обврска;\n##ако е уапсен или притворен поради приведување пред надлежна судска власт, кога постои оправдано сомнение дека тоа лице извршило кривично дело, или кога постојат оправдани причини тоа лице да се спречи да изврши кривично дело, или по извршувањето на кривичното дело да побегне;\n##ако се работи за притвор на малолетник врз основа на законска процедура, заради воспитување под надзор или заради приведување пред надлежна судска власт;\n##ако се работи за притвор на лице за да се спречи ширење на некоја заразна болест, на ментално оболени лица, алкохоличари, наркомани и скитници;\n##ако се апси или притвора лице врз основа на закон, со цел да се спречи илегално да влезе во земјата или лице против кое е во тек постапка за протерување или израчување.\n#Секое уапсено лице веднаш се известува на јазикот што го разбира за причините за апсењето и за обвиненијата против него.\n#Секое лице уапсено или притворено според одредбите на став 1в од овој член мора веднаш да биде изведено пред судија или друго судско лице, со закон овластено да врши судска власт, и да има право на судење во разумен рок или на пуштање на слобода во текот на судската постапка. Пуштањето може да се услови со давање гаранција дека тоа лице ќе се појави на судењето.\n#Секое лице лишено од слобода со апсење или притворање има право да вложи жалба до судот, и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување.\n#Секое лице кое било жртва на апсење или притворање спротивно на одредбите на овој член, има право на обештетување.\n1.5 Член 6 – Право на правична судска постапка\n#Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот на страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.\n#Секој кој е обвинет за кривично дело се смета за невин сé додека неговата вина не се докаже по законски пат.\n#Секој обвинет ги има следните минимални права:\n##веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално известен за природата и причините на обвинението подигнато против него;\n##да му се обезбедат време и услови неопходни за подготвување на неговата одбрана;\n##да се брани самиот или со помош на бранител по свој избор, а доколку не располага со средства да плати бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога тоа го наложуваат интересите на правдата;\n##самиот да ги сослуша или да бара сослушување на сведоците на обвинението и да бара повикувањето и сослушувањето на сведоците на одбраната да биде под услови што важат и за сведоците на обвинението;\n##да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето.\n1.6 Член 7 – Нема казна без закон\n#Никој не може да биде осуден за дело сторено со чинење или нечинење кое според внатрешното или меѓународното право, во моментот на извршувањето, не претставувало кривично дело. Исто така, изречената казна не може да биде потешка од онаа што се применувала во моментот на извршувањето на кривичното дело.\n#Овој член не влијае на пресудата или казната за лице кое е виновно за чинење или нечинење, ако тоа дело во моментот на извршувањето претставувало кривично дело според општите правни начела признати од цивилизираните народи.\n1.7 Член 8 – Право на почитување на приватниот и семејниот живот\n#Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката.\n#Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната безбедност, економската благосостојба на земјата, заштитата на поредокот и спречувањето на кривични дела, заштитата на здравјето и моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество.\n1.8 Член 9 – Слобода на мислење, совест и вера\n#Секој човек има право на слобода на мислите, совеста и верата. Ова право ја вклучува слободата за промена на верата и убедувањето, како и слободата за изразување на својата вера или убедување, сам или заедно со другите, јавно или приватно, преку богослужба, поука, проповеди, верски обреди и ритуали.\n#Слободата за изразување на својата вера или на своите убедувања може да биде предмет само на оние ограничувања што се предвидени со закон и кои претставуваат мерки во интерес на јавната безбедност, поредокот, здравјето и моралот или заштитата на правата и слободите на други, неопходни во едно демократско општество.\n1.9 Член 10 – Слобода на изразување\n#Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.\n#Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.\n1.10 Член 11 – Слобода на собирање и здружување\n#Секој човек има право на слобода на мирно собирање и здружување со други, вклучувајќи го и правото да основа синдикати и да им се придружува на синдикатите за заштита на своите интереси.\n#Остварувањето на овие права може да биде ограничено само со законски мерки што во едно демократско општество се неопходни за националната безбедност, јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на злосторства, заштитата на здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите на други. Со овој член не се забранува наметнување законски ограничувања за припадниците на оружените сили, полицијата или државната администрација.\n1.11 Член 12 – Право на брак\nОд моментот кога ќе станат способни за брак, мажот и жената имаат право да стапат во брак и да создадат семејство според националните закони со кои се регулира остварувањето на ова право.\n1.12 Член 13 – Право на реална жалба\nСекој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.\n1.13 Член 14 – Забрана на дискриминација\nУживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус.\n1.14 Член 15 – Укинување во случај на вондредна состојба\n#Во случај на војна или некоја друга општа опасност, која го загрозува животот на нацијата, секоја Висока страна договорничка може да презема мерки кои отстапуваат од обврските предвидени со оваа Конвенција, и тоа строго во согласност со барањата што ги наложува ситуацијата и под услов таквите мерки да не бидат во спротивност со другите обврски што произлегуваат од меѓународното право.\n#Претходната одредба не дозволува какво и да е отстапување од членот 2, освен во случај на смрт настаната како последица на дозволени воени операции, како и од членовите 3, 4 (став 1) и 7.\n#Секоја Висока страна договорничка, која го користи ова право на отстапување, е должна, за преземените мерки и за причините што го предизвикале нивното преземање, целосно да го информира Генералниот секретар на Советот на Европа. Таа, исто така, е должна да го извести Генералниот секретар на Советот на Европа за датумот кога престанала важноста на таквите мерки и повторно почнала целосната примена на одредбите од Конвенцијата.\n1.15 Член 16 – Ограничувања во политичката активност на странци\nНиту една одредба од членовите 10, 11 и 14 не може да се толкува како забрана на Високите страни договорнички да наметнуваат ограничување во политичкото дејствување на странците.\n1.16 Член 17 – Забрана на злоупотреба на правата\nНиту една одредба од Конвенцијата не може да се толкува на начин според кој, на некоја држава, група или поединец им е дадено право да преземаат активности или постапки со кои се загрозува некое право или слобода што се признати со оваа Конвенција, или да ги ограничуваат овие права и слободи во мерка поголема од онаа предвидена со Конвенцијата.\n1.17 Член 18 – Ограничување на употребата на рестрикциите во правата\nДозволените ограничувања за споменатите права и слободи според оваа Конвенција, може да се применуваат само за оние цели за кои се и предвидени.\n2 Дел II – Европски суд за правата на човекот\n2.1 Член 19 – Основање на судот\nCo цел да се обезбеди почитување на обврските што за Високите страни договорнички произлегуваат од оваа Конвенција и нејзините протоколи, се основа Европски суд за правата на човекот, во натамошниот текст “Суд”. Тoј ќе функционира постојано.\n2.2 Член 20 – Број на судии\nCудот се состои од онолкав број судии колкав што е и бројот на Високите страни договорнички.\n2.3 Член 21 – Услови за вршење на функциите\n#Судиите треба да уживаат највисок морален углед и да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност.\n#Судиите заседаваат во Судот во лично својство.\n#Во текот на нивниот мандат судиите не можат да вршат никаква активност што е некомпатибилна со барањата за независност, непристрасност или барањата за работа со полно работно време; Судот одлучува за секое прашање во врска со примената на овој параграф.\n2.4 Член 22 – Избор на судии\n#Судиите од секоја Висока страна договорничка ги избира Парламентарното собрание, со мнозинство дадени гласови, од листата на тројца кандидати именувани од Високата страна договорничка.\n2.5 Член 23 – Времетраење на мандатот\n#Судиите се избираат за мандат од девет години. Тие не можат да бидат повторно избрани.\n#Мандатот на судиите завршува со наполнети 70 години.\n#Судиите остануваат на функција се до нивната замена. Тие сепак продолжуваат да работат врз случаите што веќе ги започнале.\n#Ниеден судија не може да биде отповикан од должност освен ако другите судии со двотретинско мнозинство гласови одлучат дека тој судија повеќе не ги исполнува бараните услови.\n2.6 Член 24 – Регистар и известители\n#Судот ќе има Регистар чии што задачи и организација ќе се определат со Правилникот на Судот.\n#Кога Судот заседава во формат судиjа поединец, на Судот ке му помагаат известители кои ќе функционираат под надлежност на Претседателот на Судот. Тие ќе бидат дел од Регистарот на Судот.\n2.7 Член 25 – Пленарна седница на Судот\nНа Пленарна седница, Судот:\n#избира, за период од 3 години, претседател и еден или двајца потпретседатели; тие можат повторно да бидат избрани;\n#ги утврдува судските совети за определен лериод;\n#ги избира претседателите на судските совети, кои можат да бидат повторно избрани;\n#го усвојува Правилникот на Судот, и;\n#избира секретар и еден или повеќе негови помошници.\n#поставува било какво барање според член 26, став 2.\n2.8 Член 26 – Судија поединец, oдбори, судски совети и голем судски совет\n#За разгледување на случаи што му се доставени, Судот ќе заседава како судија поединец, во одбори од тројца судии, во судски совети од седум судии и во голем судски совет од седумнаесет судии. Судските совети ќе формираат одбори за определен период.\n#На барање на пленарната седница на Судот, Комитетот на министрите, со едногласна одлука и за определен период, може бројот на судите во судските совети да го намали на пет.\n#Кога заседава како судија поединец, судијата нема да разгледува никаква жалба против Високата страна договорничка чиј избран претставник е тој судија.\n#Судијата избран како претставник на Високата страна договорничка што е страна во спорот е ex officio член на Советот и на Големиот судски совет. Во случај на отсуство на тој судија, или кога не е во состојба да заседава, лице избрано од страна на Претседателот на Судот од претходно поднесениот список од таа страна ќе заседава во својство на судија.\n#Членови на Големиот судски совет се и Претседателот на Судот, потпретседателите, претседателите на судските совети и други судии именувани согласно Правилникот на Судот. Кога случајот е доставен до Големиот судски совет врз основа на членот 43, ниту еден судија од Советот кој ја донел одлуката не може да учествува во работата на Големиот судски совет, со исклучок на претседателот на Судскиот совет и на судијата кој заседавал во име на заинтересираната држава страна во спорот.\n2.9 Член 27 – Надлежности на судијата поединец\n#Судијата поединец може да ја прогласи за неприфатлива или да ја симне од судската листа на случаи жалбата поднесена според членот 34, каде таквото решение може да се донесе без дополнително разгледување.\n#Одлуката ќе биде конечна.\n#Доколку судијата поединец не ја прогласи жалбата за неприфатлива или доколку не ја одбие, тој судија ќе ја прати до еден од одборите или до судски совет за дополнително разгледување.\n2.10 Член 28 – Надлежности на одборите\n#Во поглед на жалбата поднесена според член 34, одборот може со едногласна одлука,\n##да ја прогласи за неприфатлива или да ја симне од списокот на своите предмети доколку таквата одлука може да се донесе без дополнително разгледување; или\n##да ја прогласи прифатлива и во исто време да донесе одлука за заснованоста, доколку предметното прашање во случајот, во врска со толкувањето или примената на Конвенцијата или нејзините протоколи е веќе предмет на долго воспоставената судска практика на Судот.\n#Одлуките и пресудите според став 1 ќе бидат конечни.\n#Доколку судијата избран како претставник на Високата страна договорничка не е во одборот, одборот може во секој момент во текот на постапката да го покани тој судија да замени некој од членовите на одборот, имајќи ги предвид релевантните фактории, вклучувајќи и дали страната се противела на примената на постапката опишана во став 1.б.\n2.11 Член 29 – Одлуки на Судските совети за прифатливоста и основаноста\n#Доколку не е донесена одлука според член 27 или член 28, или не е донесена никаква пресуда според член 28, судскиот совет се произнесува за прифатливоста и основаноста на индивидуалните жалби поднесени според член 34. Одлуката за прифатливоста може да се донесе посебно.\n#Определен Судски совет се произнесува за прифатливоста и основаноста на меѓудржавните жалби поднесени врз основа на членот 33. Одлуката за прифатливоста ќе се донесува посебно, освен доколку Судот, во исклучителни случаи, не одлучи поинаку.\n2.12 Член 30 – Пренесување во надлежноста во Големиот судски совет\nДоколку случајот што е на разгледување пред определен Судски совет предизвикува сериозни прашања во врска со интерпретацијата на Конвенцијата или на нејзините протоколи, или доколку решението на некое прашање може да води до контрадикција со одлука што Судот претходно ја донел, Судскиот совет, доколку не донел одлука, може надлежноста да му ја отстапи на Големиот судски совет.\n2.13 Член 31 – Овластувања на Големиот судски совет\nГолемиот судски совет:\n#се произнесува по жалбите доставени врз основа на членот 33 или членот 34 кога случајот му е отстапен од Судскиот совет врз основа на членот 30 или врз основа на членот 43;\n#решава по прашања кои што на Судот ќе му ги упати Комитетот на министрите, во согласност со член 46, став 4, и\n#разгледува барањата за советодавни мислењадоставени врз основа на членот 47.\n2.14 Член 32 – Надлежност на Судот\n#Надлежноста на Судот се протега на сите прашања во врска со интерпретацијата и примената на Конвенцијата и на нејзините протоколи што ќе му бидат доставени според условите предвидени во членовите 33, 34, 46 и 47.\n#Во случај на спор во врска со надлежноста на Судот, одлучува Судот.\n2.15 Член 33 – Меѓудржавни случаи\nСекоја Висока страна договорничка може да се обрати до Судот за секоја наводна повреда на одредбите на Конвенцијата и на нејзините протоколи од страна на друга Висока страна договорничка.\n2.16 Член 34 – Индивидуални жалби\nСудот прима жалби што му ги доставуваат физички лица, невладини организации или група поединци кои се сметаат за жртва на повреда на правата признаени во Конвенцијата или во нејзините протоколи што ја извршила една од Високите страни договорнички. Високите страни договорнички се обврзуваат со никаква мерка да не го спречуваат ефикасното вршење на ова право.\n2.17 Член 35 – Критериуми за прифатливост\n#Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, врз основа на општо прифатените принципи од меѓународното право и во рок од четири месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната интерна одлука.\n#Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба поднесена врз основа на членот 34, кога\n##жалбата е анонимна; или,\n##кога во суштина е иста како и жалба што Судот претходно ја разгледувал или веќе ја доставил до друга меѓународна истражна или судска инстанца, и доколку не содржи нови факти.\n#Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека:\n##жалбата е неспоива со одредбите на Конвенцијата или со нејзините протоколи, ако е очигледно неоснована или ако со неа се злоупотребува правото на индивидуална жалба, или\n##подносителот не претпрел значителна штета, освен доколку почитувањето на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи бара разгледување на жалбата според заснованоста.\n#Судот ќе отфрли секаква жалба што ја смета за неприфатлива врз основа на овој член. На тој начин Судот може да постапува во било кој степен на постапката.\n2.18 Член 36 – Интервенција на трета страна\n#Во секој случај за кој расправаат Судскиот совет или Големиот судски совет, секоја Висока страна договорничка чиј државјанин е жалител има право да достави пишани забелешки и да учествува во расправата.\n#Вo интерес на доброто вoдење на судската постапка, претседателот на Судот може да повика било која Висока страна договорничка која не е страна во постапката или секое заинтересирано лице, освен жалителот, да достави писмени забелешки или да учествува во расправата.\n#Во сите случаи пред судските совети или Големиот судски совет, Комесарот за човекови права на Советот на Европа може да поднесе писмени коментари и да учествува во сослушувањата.\n2.19 Член 37 – Отфрлање на жалби\n#Во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети, доколку околностите овозможуваат да се заклучи\n##дека жалителот ја повлекол жалбата; или\n##дека спорот е решен; или\n##дека, од било која друга причина, чие постоење го утврдува Судот, не е повеќе оправдано да се продолжи со разгледувањето на жалбата.\nСепак, Судот продолжува со разгледувањето на жалбата ако тоа го бара почитувањето на правата на човекот загарантирани со Конвенцијата и нејзините протоколи.\n#Судот може да одлучи повторно да стави во списокот на предмети определена жалба ако оцени дека околностите тоа го оправдуваат.\n2.20 Член 38 – Разгледување на случајот\nСудот ќе го разгледа случајот заедно со претставници на страните и, доколку е потребно, ќе покрене истрага, за чие ефективно спроведување засегнатите Високи страни договорнички ќе ги обезбедат сите неопходни услови.\n2.21 Член 39 – Постигнување на пријателско решение\n#Во секоја фаза на постапката, Судот може да се стави на располагање на засегнатите страни со цел обезбедување на пријателско решение на предметот врз основа на почитување на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата и во нејзините протоколи.\n#Постапката според ставот 1 ќе биде доверлива.\n#Во случај на пријателско решение, Судот ќе го симне случајот од списокот на предмети со одлука која се ограничува на кратко наведување на фактите и на донесеното решение.\n#Одлуката ќе биде упатена до Комитетот на министри, кој ќе го надгледува извршувањето на одлуката за пријателското решение како што е наведено во одлуката.\n2.22 Член 40 – Јавност на расправата и пристап кон документите\n#Расправата е јавна, освен доколку Судот не одлучи поинаку поради исклучителни околности.\n#Документите доставени до Секретаријатот и се достапни на јавноста, освен ако, претседателот на Судот не одлучи поинаку.\n2.23 Член 41 – Јавност на расправата и пристап кон документите\nАко Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.\n2.24 Член 42 – Пресуди на судските совети\nПресудите на судските совети се конечни согласно одредбите на членот 44, параграф 2.\n2.25 Член 43 – Доставување на случај пред Големиот судски совет\n#Во рок од три месеци сметано од датумот на донесувањето на пресудата од Судскиот совет, секоја страна во спорот, во исклучителни случаи, може да побара тој да биде доставен пред Големиот судски совет.\n#Група од петорица судии на Големиот судски совет го прифаќа барањето доколку случајот предизвикува сериозно прашање во врска со интерпретацијата или примената на Конвенцијата или на нејзините протоколи, или сериозен проблем од општо значење.\n#Ако групата го прифати барањето, Големиот судски совет се произнесува за случајот со донесување пресуда.\n2.26 Член 44 – Конечни пресуди\n#Пресудата на Големиот судски совет е конечна.\n#Пресудата на Судскиот совет станува конечна:\n##кога странките изјавуваат дека нема да бараат случајот да биде доставен пред Големиот судски совет; или\n##три месеци од датумот на донесувањето на пресудата, доколку не било побарано случајот да биде доставен пред Големиот судски совет; или\n##доколку групата на Големиот судски совет го отфрли барањето доставено врз основа на членот 43.\n#Конечната пресуда се објавува.\n2.27 Член 45 – Образложение на пресудите и одлуките\n#Пресудите, како и одлуките со кои жалбите се утврдуваат како прифатливи или неприфатливи, се образложуваат.\n#Ако пресудата целосно или делумно не го изразува единствениот став на судиите, секој судија има право кон неа да приложи свое мислење.\n2.28 Член 46 – Задолжителност и извршување на пресудите\n#Високите страни договорнички се обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во споровите во кои се странки.\n#Конечната пресуда на Судот му се доставува на Комитетот на министрите којшто го надгледува нејзиното извршување.\n#Доколку Комитетот на министрите смета дека надгледувањето на извршувањето на конечната пресуда е спречено поради проблем во толкувањето на пресудата, прашањето може да го упати до Судот за одлука по прашање на толкувањето. Донесувањето на одлуката дали прашањето да се достави до Судот бара двотретинско мнозинство на гласови од претставниците кои имаат право да заседаваат како членови на Комитетот.\n#Доколку Комитетот на министрите смета дека Високата страна договорничка одбива да ја спроведе конечната пресуда во случај во кој што истата е странка, може откако на таа Висока страна договорничка и упати формално известување, и со одлука донесена со двотретинско мнозинство на гласови на претставниците кои имаат право да заседаваат во Комитетот, да го упати прашањето до Судот, дали таа страна не ги исполнила своите обврски според став 1.\n#Доколку Судот утврди прекршување на став 1, тој ќе го упати случајот на Комитетот на министри за разгледување на мерките кои треба да се преземат. Доколку Судот уврди дека нема прекршување на став 1, тој ќе го упати случајот на Комитетот на министрите којшто ќе го заврши разгледувањето на случајот.\n2.29 Член 47 – Советодавни мислења\n#На барање на Советот на министрите, Судот може да дава советодавни мислења за правни прашања во врска со интерпретацијата на Конвенцијата и на нејзините протоколи.\n#Овие мислења не можат да се однесуваат ниту на прашања што се во врска со содржината или обемот на правата и слободите утврдени во делот I на Конвенцијата и во протоколите, ниту на други прашања кои Судот или Советот на министрите би можеле да ги разгледаат, а кои би произлегле од приговор предвиден со Конвенцијата.\n#Одлуката на Советот на министрите да побара мислење од Судот се донесува со мнозинство гласови на претставниците кои заседаваат во Советот.\n2.30 Член 48 – Советодавна надлежност на Судот\nСудот одлучува дали барањето советодавно мислење доставено од Советот на министрите е во негова надлежност утврдена во членот 47.\n2.31 Член 49 – Образложение на советодавните мислења\n#Мислењето на Судот се образложува.\n#Доколку мислењето не го изразува во целина или делумно едногласниот став на судиите, секој судија има право да приложи сопствено мислење.\n#Мислењето на Судот му се доставува на Советот на министрите.\n2.32 Член 50 – Функционални трошоци на Судот\nФункционалните трошоци на Судот се на товар на Советот на Европа.\n2.33 Член 51 – Привилегии и имунитет на судиите\nВо текот на вршењето на нивните функции, судиите уживаат привилегии и имунитет предвидени во член 40 од Статутот на Советот на Европа и спогодбите склучени врз основа на тој член.\n3 Дел III – Други одредби\n3.1 Член 52 – Истраги на Генералниот секретар\nНа барање на Генералниот секретар на Советот на Европа, секоја Висока страна договорничка го доставува бараното објаснување за начинот на кој со нејзиното внатрешно право се обезбедува вистинска примена на сите одредби од оваа Конвенција.\n3.2 Член 53 – Заштита на постојните права на човекот\nНиту една одредба од оваа Конвенција не може да се толкува како ограничување или повреда на човековите права и основни слободи, кои можат да бидат признати врз основа на закон на која и да е страна договорничка или врз основа на некоја спогодба на која и пристапила некоја од нив.\n3.3 Член 54 – Овластувања на Советот на министрите\nНиту една одредба од оваа Конвенција не ја ограничува надлежноста на Советот на министрите, утврдена со Статутот на Советот на Европа.\n3.4 Член 55 – Исклучување на други начини за решавање на споровите\nВисоките страни договорнички заемно се откажуваат, освен во случај на посебна спогодба, од користењето на постојните меѓусебни договори, конвенции или изјави со цел спорот, кој настанал при толкувањето или примената на оваа Конвенција да се реши на друг начин, а не на начин предвиден со оваа Конвенција.\n3.5 Член 56 – Територијална примена\n#Секоја држава може, во моментот на ратификацијата или во секој друг момент подоцна, со нотификација упатена до Генералниот Секретар на Советот на Европа, да изјави дека оваа Конвенција, согласно став 4 од овој член, ќе се применува на сите или само на некоја територија, чии меѓународни односи се во нејзина надлежност.\n#Конвенцијата ќе се применува на територијата или териториите наведени во нотификацијата по триесет дена од денот кога нотификацијата ја примил Генералннот секретар на Советот на Европа.\n#Одредбите од оваа Конвенција ќе бидат применети на тие територии, имајќи ги притоа предвид локалните потреби.\n#Секоја држава, која дала изјава во согласност со ставот еден од овој член, може, во секое време подоцна да изјави дека во врска со една или повеќе територии споменати во таа изјава, прифаќа Судот да биде надлежен за решавање на жалбите на физичките лица, невладините организацни или групи поединци согласно членот 34 од оваа Конвенција.\n3.6 Член 57 – Исклучоци\n#Секоја држава може, во моментот на потпишувањето на оваа Конвенција или при депонирањето на својот ратификационен инструмент, да изрази одредена резерва во врска со секоја одредба на Конвенцијата, доколку во тој момент на нејзината територија е во сила некој закон кој не е во согласност со таа одредба. Според овој член, резерви од општ карактер не се дозволени.\n#Секоја резерва изразена кон овој член содржи кус приказ на односниот закон.\n3.7 Член 58 – Раскинување\n#Една Висока страна договорничка може да ја откаже оваа Конвенција само по истекот на рокот од пет години од денот кога станала страна договорничка и no шест месеци од објавувањето на отказот во нотификацијата упатена до Генералниот секретар на Советот на Европа, кој за тоа ги известува останатите страни договорнички.\n#Тоа откажување не може да ја ослободи Високата страна договорничка за која станува збор, од нејзините обврски кон оваа Конвенција во поглед на кој и да е чин, со кој таа би ги прекршила обврските пред датумот на стапувањето на сила на отказот.\n#Со иста резерва, секоја Страна договорничка, која ќе престане да биде члекка на Советот на Еврола, престанува да биде потписничка и на оваа Конвенција.\n#Според одредбите од претходннте ставови, Конвенцијата може да се откаже за секоја територија на која е применувана врз основа на член 56.\n3.8 Член 59 – Потпишување и ратификација\n#Оваа Конвенција е отворена за потпишување за членките на Советот на Европа. Таа мора да биде ратификувана. Ратификациите се депонираат кај Генералниот секретар на Советот на Европа.\n#Европската унија може да пристапи кон оваа Конвенција.\n#Конвенцијата стапува на сила по депонирањето на десет инструменти за ратификација.\n#За секоја потписничка, која ратификацијата ќе ја изврши подоцна, Конвенцијата стапува на сила со денот на депонирањето на ратификационите инструменти.\n#Генералниот секретар на Советот на Европа ги известува сите членки на Советот ка Европа за стапувањето на Конвенцијата на сила, за имињата на Високите страни договорнички кои ја ратификувале и за депонирањето на секој ратификационен инструмент што е извршено подоцна.\nСоставено во Рим, на 4 Ноември 1950 годпна, на француски и англиски јазик, при што и двата текста се еднакво веродостојни, во еден единствен примерок кој се депонира во архивот на Советот на Европа. Генералниот секретар и доставува заверена копија на секоја страна потписничка.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0", "word_count": 5406, "cyrillic": 0.998}
{"id": "10190", "title": "Непризнателната змија на овчарот и непризнателниот овчар на лисицата", "text": ":Белешка\n:*) Спроти оваа приказна има една друга поинаку: наместо вол што има во оваа, во неа има ат крастав; наместо магаре, 'рт крастав, а наместо на лисицата што му донесол кучка, тој клал во вреќата една квачка со дванаесет пилци и ноќта жената му ји извајила, та клала кучката, и утрото тој му ја однесол кај лисицата и је го скинал кожувчето.", "subject": ["Народни приказни собрани од Марко Цепенков", "Македонски народни приказни"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B7%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82_%D0%B8_%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B0%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0", "word_count": 62, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10207", "title": "Закон за употреба на македонскиот јазик", "text": "(1) Со овој закон се уредуваат употребата на македонскиот јазик, утврден со Уставот на Република Северна Македонија како службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи, основањето на Советот за македонски јазик и неговите надлежности, условите и постапката за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца, основањето на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик и неговите надлежности, надзорот над спроведувањето на овој закон и други прашања од значење за употребата на македонскиот јазик.\n(2) Употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Северна Македонија.\n(3) Употребата на македонскиот јазик како службен јазик во меѓународните односи е право и должност на\nсекој претставник на државната и на локалната власт.\n(4) Македонскиот јазик е нематеријално културно наследство на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Републиката), во согласност со закон.\nЧлен 2\n(1) Македонски јазик, во смисла на овој закон, е македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско\nписмо.\n(2) Употребата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, во смисла на овој закон, ги опфаќа неговата примена, заштита, унапредување и збогатување.\nЧлен 3\n(1) Со овој закон не се ограничуваат правото на слободно творештво и развивањето на јазичниот и на културниот идентитет на граѓаните коишто припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Републиката.\n(2) Со овој закон не се ограничува употребата на слободен говор (дијалектен јазик, разговорен јазик и слично) во уметничкото творештво од сите видови.\nЧлен 4\n(1) Примената, заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот стандарден јазик и неговото\nкирилско писмо опфаќаат, особено:\n1. правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во процесот на воспитанието и во сите степени на образованието;\n2. правилна употреба и правилен изговор на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во средствата за масовна комуникација, особено преку медиумите регистрирани во Републиката, во согласност со закон;\n3. зголемена општествена и индивидуална грижа за правилната употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во јавната и во службената комуникација во Републиката;\n4. избегнување странски изрази и заемки и нивно заменување со соодветни поими од македонската лексика и фразеологија;\n5. поддршка на изучувањето на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во странски образовни институции, во сите степени во образовани ето, преку отворање лекторати за македонски јазик во странство, како и поддршка на работата на постојните лекторати во странство;\n6. задолжително изучување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во сите степени во образованието во Републиката и надвор од неа;\n7. правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во законодавната, во судската и во извршната власт, како и во правните лица основани со Устав и со закон во меѓусебната комуникација;\n8. стимулирање и поддршка на програми и содржини на медиумите, регистрирани во Републиката, за употребата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и изработка и превод на интерфејси на македонски јазик за компјутерски програми;\n9. стипендирање студенти за изучување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо;\n10. создавање подмладок за научно истражување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;\n11. доделување државни награди и признанија од областа на проучувањето и афирмацијата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во Републиката и во странство;\n12. поддршка за учење на македонскиот стандарден јазик за странски студенти кои македонскиот јазик го изучуваат како странски јазик, во и надвор од Републиката;\n13. изучување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во културно-информативните центри во странство;\n14. укажување и отстранување на јазичните недоследности и неправилности во употребата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо;\n15. континуирани обуки за правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо за вработените во: културните, воспитните, образовните, научните и стручните установи и институции, државната и јавната администрација, судовите и во медиумите регистрирани во Републиката;\n16. организирање курсеви, семинари, советувања и други слични активности за правилна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во Републиката и во странство;\n17. издавање публикации и учебници на македонски стандарден јазик во Републиката и во странство и\n18. издвојување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за научно-истражувачки проекти од областа на македонскиот јазик.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B7%D0%B0_%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA", "word_count": 683, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10121", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XVII. По влегувањето во Југославија на германските војски што се наог'аа во Бугарија", "text": "Големобугарската окупација на Македонија под југословенската кралска власт. Концлагери, терор и убиства. Народот реагира. Отпорот против германските војски и бугарската окупаторска власт. Повикот на Обласниот комитет на југословенската комунистичка партија за Србија. Смртта на Страшо Пинџур и Мирче Ацев. Отпорот. Убиствата во Дреновската клисура. Рефератот на инспекторот на полицијата Никола Гешев.\nНе поминаа ни седум дена откако германските војски навлегоа во Југославија, цар Борис, со одобрението од Хитлера, ја окупира Вардарска Македонија. Царот соопшти јавно оти успеал да ја ослободи Македонија. Неговите псалмопевци Крапчовците, Бадевците и Таневците го прогласија за Цар Обединител. Но Македонците го презреа. Тие не сакаа таква царска фашистичка „слобода“ во границите на „Целокупна Б’лгарија“. Македонците побараа да си бидат слободни во својата куќа. Навистина, не познавајќи ја доволно природата и намеренијата на бугарските окупатори, населението ги пречека доста добро, оти мислеше дека идат да ги ослободат од големосрпската тиранија. Но, разочарението дојде многу бргу, уште со сместувањето на полициските команди во селата, кога тие команто на полициските команди во селата, кога тие команди почнаа да ги апсат побудните синови и ќерки на народот. Апсењата предивикаа силно негодување. Отпочна борба против бугарските окупатори. Таа борба се заостри заради неделата и ограбувањата што ги вршеа окупаторите „ослободители“. И во таа борба се вовлекуваше целиот народ. Големобугарските окупатори на Македонија беа изненадени од реагирањето на Македонците, кои тие ги сметаа за Бугари. Големобугарите навистина беа самоуверени оти Македонија е нивна и дека окупацијата ќе биде вечна. Самиот цар Борис, напротив, беше на друга мисла, што ја криеше длабоко во своите разбирања. Хитлеровите војски не беа дошле за да ги усреќат Бугарите. Со окупацијата на Вардарска Македонија големобугарите се залажуваа. Намеренијата на Германците по однос на Македонија се открија дури во 1943 година, кога германските весници објавија една балканска географска во која се одбележуваше Хитлеровото влијание. Во таа карта Германците ја одбележаа окупацијата на Вардарска Македонија од бугарските војски како привремена, што на очигледен начин покажуваа дека Германците, во случај да победат, Вардарската долина која е сврзана со Солун, нема да им ја остават на Бугарите. Таа карта беше студен туш за големобугарите. Само цар Борис беше спокоен и задоволен од сето тоа што стана. И имаше зашто. Хитлер му ја гарантираше неговата круна. Договорот од 1898 год., потпишан од бугарската влада на народњакот Стоилов и од австроунгарската влада остануваше и кај Хитлера во сила. По силата на тој договор Астро-Унгарија требаше да ја окупира Србија и по долината на Вардар да слезе во Солун. А на Фердинанд му се гарантираше круната и проширување на Бугарија кон Тракија.\nСега Германците, обединети под знамето на Хитлера и при новите политички услови, ги претставуваше не Франц Јосиф и Кајзер Вилхелм, туку Хитлер кој ја гарантираше наследствената круна на Кобурзите.\nОд тој ден, откога Македонија беше окупирана од бугарските фашисти, маките и страданијата на македонскиот народ се засилија многу повеќе. Големосрпското ропство беше заменето со уште поцрно, потешко и покрваво бугарско ропство.\nУште со своето влегување во Македонија големобугарите наеднаш започнаа со своите испробани методи за дејствување. Отпочна прогонување на сите македонски патриоти. Власта го забрани името „Македонец“ и кладе на некои установи натписи: „Зборувајте бугарски“. Отпочна пропаганден притисок со фалсификување на географската, етнографската, стопанската, револуционерната и политичката историја на Македонија. Ограбувањето почна најнапред со сменувањето на динарите со бугарските левови. Започна реквизиција од населението кое беше уште порано ограбено од германски војски кога поминаа низ Македонија. Започна собирање на даноци што од српската власт останаа како несобрани. Во Македонија воведоа своја снабдителна фашистичка система и го оставија народот без најпотребното за неговиот живот. Со обесценувањето на левот и со спроведената политика на новите монополни цени на стоката, бугарските фашисти го отпочнаа ограбувањето на македонскиот народ. Корупцијата зеде широки размери. Народната интелигенција не беше примена во управувањето, а чиновниците што беа назначени во Македонија беа повеќето цанковисти и корумпирани елементи со лоши намеренија, уверени дека нивното доаѓање е привремено и преодно и затоа гледаа да се накрадат добро.\nЕкономскиот живот на македонскиот народ стана неподнослив.\nЗаедно со ограбувањето окупаторот ја спроведуваше и својата денационализаторска политиа. И кога заплашувањата не помогнаа да ги натераат Македонците да се чувствуваат како Бугари и да и’ се покоруваат на бугарската фашистичка власт, окупаторот се послужи со концлагери, затвори, бесилка и куршум. Тогаш, полициските блокади, доскоро таму непознати, а кои големобугарите ги практикуваа во своето крваво царство, станаа обична појава и за македонскиот народ.\nЛажните говори и прослави, придружувани со апсење, ги дразнеа и ги предизвикуваа Македонците. Огорчението против окупаторот земаше се поголеми размери. Народот се најде пред алтернатива: да се бори или да се остави да го уништат.\nНа 2 август 1941 година големобугарите уредија илинденска прослава. За таа цел дојдоа од Софија во Битола многу политички трговци и предавници на македонската борба како Анастас Лозанчев, Лазар Томов и други членови на илинденската организација,за да ја озаконата Македонија како владение на големобугарските окупатори. И таму во Битола, надојдените шовинисти монтираа еден Илинденски комитет на чело со Лозанчев и Томов, старите агенти на бугарскиот двор, и пратија поздравна телеграма до цар Борис.\nТелеграмата и одговорот ги даваме текстуално за да се види комедијата на тие продадени типови:\nСофија, Царскиот двор.\n„Царе, благодарение на Вашата мудра политика, денеска Илинденците го слават своето ослободување. Целата Битола одекнува од необична радост и испраќа топли молитви до бога, за да ви подари живот и здравје Вам и на Вашиот царски дом, за да го зајакнете обединувањето на целокупниот народ“.\nИ царот му одговори:\nТомов – Претседател на Илинденската организација – Битола.\n„И Вам и на Илинденците од срце Ви благодарам на прославувањето на великата Илинденска епопеја под благотворните зраци на слободата.\nНа сите Ви испраќам искрени поздрави и желби\nСофија – Дворот.\nСличнни телеграми Томов испрати и до министер-претседателот проф. Богдан Филов и до други министри. Томов и Лозанчев беа станале шлифувани ласкатели и подлизурки на бугарската фашистичка круна на цар Борис. Од Битола тие испратија поздравна телеграма и до Хитлера.\nТомовците и лозанчевците (Илинденци) се беа веќе свикнале со луѓето од таканаречениот Македонски национален комитет на емиграцијата во Бугарија, која официјално, со решение од Министерството за внатрешните работи ја претставуваше генерал Коста Николов, со кого на 6 април 1941 година ќе се исколеа по спорот за формата на телеграмата што ја испратија до Хитлера. Сега, таму во Битола, тие беа заедно. И многу интересно, таму тие беа помирени со луѓето на Жика Лазиќ – посрбените родоостапници од македонско потекло. Тие, посрбените на Жика Лазиќ и побугарените на Габровски – Лозанчевци, Лазартомовци и Костаниколовци, сега заедно ја претставуваа „уважената“ фаланга на цар Борис.\nТаму во Битола, на 2 август 1941 год. исто така беа Ѓузеловците и Чкатровците, кои претставуваа луѓе одделна категорија и Мишошкартовците и Дранговците кои претставуваа друга категорија. Таму дојдоа Царвушанов и Козма Георгиев со предварително приготвени лажни говори. Сите што отидоа таму беа ренегати од класа, добро познати на народот. Таму беше дошол епископот Харитон со протосингелот на Митрополијата, за да и’ даде на прославата шарен и забавен карактер и поголема тежина. Таму, на таа прослава на Бекерле му беше подарена една македонска носија.\nНародот, исплашен од жестокиот окупатор, со тапа рамнодушност го гледаше сето тоа и во својата душа длабоко се жалеше на судбината што му ја беше одредил развитокот на настаните.\nГолемобугарите доаѓаа втор пат таму. Но овој пат тие беа изненадени од јавната возбуда против нив на тој ден. Токму во екот на прославата еден извик на предупредување беше испратен кон надојдените подлеци, кои со своето присуство ја продаваа својата татковина на крвавиот завојувач. Една група манифестантни, предводени во тој момент од Кузман Јосифовски – Питу и Стефо Наумов – Стиф, излегоа на протестна манифестација против големобугарската и фашистичка „илинденска“ прослава. Тие младинци што излегоа на улицата им дадоа израз на своите угнетувани чувства – своите и на своите сонародници – Македонците, кои живеат со свои разбирања за значењето на Илинденското востание и кои не сакаат да дозволат луѓе завојувачи и дошлаци да го светотаствуваат споменот на илинденците што загинаа за народната слобода.\nТаа протестна акција против завојувачот – големобугарин и дошлак дојде по една друга, која стана во 1940 година против друг завојувач – големосрбин и дошлак. Македонскиот народ, закалуван во борбата со десетици години, не можеше да се помири со големосрпското ропство и во 1940 година на Илинден направи масовни демонстрации на својот празник, гордост на илинденците, кои во 1903 година востанаа за слободата на својата татковина.\nКога на 6 април 1941 година германските војски влегоа во Југославија и големобугарите, како нивни сојузници, ја окупираа Македонија, Македонците се беа веќе организирале за новата борба. Процесот за национално освестување беше напреднал и кога дојдоа големобугаите, Македонците ги дочекаа со паролата: „Ние сме Македонци! Не ја сакаме вашата власт!“ Од тогаш, како што веќе одбележивме, според паролата на МКП отпочна сопротивното движење против окупаторот. Започна конспиративно организирање, се издигнаа пароли: „Надвор од Македонија германските разбојници и нивните ортаци“! Македонските патриоти излепија по улиците на град Скопје мал но многу значаен позив со оваа кратка и јасна содржина. „Крвавиот германски окупатор влезе во нашиот убав град Скопје. Германските орди ни донесоа глад, сиромаштија, навредување на честта и смрт. Германските ограбувачи преку своите фашистички бугарски слуги и со помошта на нашите изроди се ни собраа. Нашето жито што беше собрано за поголема дажба од 1 до 15 август ми го зедоа од устата. Ни зедоа илјадници јагниња по најниска цена и со нив ги наполнија германските складови, а нам ни оставија по еден килограм за три месеца. Нашите зарзаватчилници останаа без зарзават во време кога најмногу има зарзават и кога е најефтин, а ни го оставија најгнилиот зарзават и најскапаните лубеници и грозје. Пред нашите очи Германците јадат салами, шунки, јајца и по ½ крг. млеко, а нашите деца гладуваат, нашите старци и болни немаат ни по еден грам млеко во неделата. Сето тоа им е малку и тие почнаа да крадат кокошки, крави и друга стока и не оставија ништо по селата.\nСкопјанки и скопјани, македонски патриоти! Побеснетите германски кучиња и нивните ортаци ја опљачкаа нашата убава земја. Надвор окупаторите од нашата земја“! (Сопротивата стр. 541).\nНа Илинден 1941 година во Скопје, спротив обидот на бугарската фашистичка власт да ја отпразнува годишнината од Илинденското востание, граѓанството направи контрадемонстрација, со растурањето летци против неканетиот големобугарски окупатор.\nТоа беше првата акција против бугарските слуги на Хитлера.\nПовикот за дејство против германските поробувачи на Југославија и против нивните орудија – бугарските фашисти, го даде, како што е веќе познато, Југословенската комунистичка партија. Таа ги мобилизира сите свои партиски кадрови и сите прогресивни сили што се наоѓаа под нејзиното влијание. На нејзината покана за вооружено востание против фашистите се одзваа Србите, Македонците, Словенците, Хрватите, Црногорците, Босанците и сите националности што живеат во границите на Југославија.\nТито ги постави темелите на партизанското движење и даде наредба да се формираат народно-ослободителни одбори за борба против окупаторот. Тие одбори беа основните организациони форми на Народно-ослободителниот фронт на Југославија, кој ги обединуваше во себе сите народни сили за борба против окупаторот. Кога партизанското движење се разви и почна да ослободува населени територии, во нив се востановуваше нова народна власт. Народно-ослободителните одбори, избирани од населението, ја земаа власта во свои раце. Така тие одбори дури траеше борбата за ослободување на Југославија, исполнувајќи ги функциите на организациони единици на единствената политичка организација – Народно-ослободителниот фронт, истовремено дејствуваа и како органи на новата југословенска власт.\nМобилизирањето на масите во Македонија против фашизмот и окупаторот не беше лесна работа. Комунистичката партија на Југославија сретна противдејство на своите наредби. Секретарот на Покраинскиот комитет за Македонија Методи Шаторов – Шарло се обиде да го оддели покраинскиот комитет за Македонија од раководството на Комунистичката партија на Југославија и да го потчини на ЦК на БРП (к). Шарло, по наредба на раководството на БРП (к) се обиде да го попречи мобилизирањето на македонските маси. Тој го убедуваше македонскиот народ да го предаде оружјето на бугарската окупаторска власт. Дадената парола беше дека во Македонија нема услови за востание и дека, кога ќе биде победен фашизмот, ќе се образува советска Македонија.\nСите тие тешкотии што му се правеа на ЦК на Југословенската комунистичка партија од страна на БРП (к) преку нејзиниот таен агент Шарло, беа совладани. (Види го рефератот на Министерот Претседател на НР Македонија пред првиот конгрес на КПМ одржан во 1949 година).\nСвоевремено Македонците во Софија беа организирале своја диверзантска група. На 2 септември 1941 година фашистичката полиција влезе во трагите на таа диверзантска група и го пронајде во неговиот стан членот на таа група, поетот Коле Неделковски. Изненаден, тој млад македонски поет, за да се спаси, им фрли во нозете на полицајците адска машина. Но зградата беше здраво блокирана. Тогаш поетот, за да не падне во рацете на полицијата, се фрли од шестиот кат од одајата и моментално издивна. Тој сам си ја реши својата судбина, бидејќи знаеше што ќе бара полицијата од него ако го фатеше жив. Групата во која членуваше Коле Неделковски располагаше со многу експлозивни материјали. Таа група ја сочинуваа се млади македонски патриоти. Тие луѓе беа побарале одобрение да се организираат во одделно раководство на антифашистичката борба за Македонија. Тие изнесоа пред раководството на БРП (к) дека во Македонија се зрели условите за создавање антифашистичко и сопротивно движење. Групата во која членуваше Коле Неделковски беше составена само од Македонци. Загинатите во идната година борци за Македонија, Никола Вапцаров, Антон Попов и Атанас Романов беа членови на таа група, а истовремено и членови на македонскиот литературен кружок во Софија на чело со Вапцаров. Прашањето за одделно раководство во Македонија ја има својата историја во усилбите на ЦК на Југословенската комунистичка партија, која го извојува за Македонците тоа нивно право.\nРешението на ЦК на КПЈ за одделно раководство за Македонија го донесе во Македонија Лазар Колишевски. За раководител беше одреден самиот Лазар Колишевски. При Покраинскиот комитет на Комунистичката партија за Македонија се создаде една покраинска воена комисија под раководството на Лазар Колишевски, а во нејзиниот состав влегуваа Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Апостолски. Таа почна да организира партизански одреди во Македонија. Во Прилеп и Куманово се создадоа првите партизански чети. Градот Скопје за Македонија стана центар на движењето против фашизмот. Зачестија и провалите. Многумина беа затворени. Беше затворен и самиот Лазар Колишевски. Затворувањето на Колишевски совпаѓа со идењето во Македонија на бугарскиот партиски делегат Болгаранов. Беше приложена смртна казна и доживотен затвор над откриените и фатени револуционери. Но тоа не ја запре борбата. Сопротивата против германскиот окупатор и неговите бугарски слуги беше веќе во тек. Партизанското движење се засилуваше од ден на ден. Покраинската воена комисија за Македонија се претвори во Главен штаб на народно-ослободителната војска и партизанските одреди за Македонија. Покраинскиот комитет се претвори во Централен Комитет на Комунистичката Партија на Македонија, кој го раководеше целото движење во Македонија.\nНасекаде, во сите краишта на Југославија комунистите застанаа на чело на ослободителното движење. Секаде комунистите имаа контакт за еднакво дејство. Таа чудноватост во еднаквоста на дејството произлегуваше од верата во победата над фашизмот и од потребата за ослободување од ноктите на окупаторот. Во таа величествена борба српскиот народ даде најголем пример. Во тешките дни 1941 год. тој најнапред востана со оружје в рака.\nЗа да се задуши тој херојски обид на Србите, кон Србија тргнаа германски, бугарски и усташки наоружани групи и гестаповци од типот на Габровски со неговите „браници“ и „ратници„ и гестаповците од типот на Недиќ, Љотиќевците, четниците на Дража Михајловиќ и Пеќанец и љубимците на Иван Михајлов, чија резиденција се наоѓаше во Загреб кај поглавникот Павелиќ, за да го убијат високиот дух за слобода кај српскиот народ, фашистите и предавниците на својата татковина издадоа свирепи заповеди и беа земени драконски мерки против тој храбар српски народ.\nИ агенцијата „Стефани“ на 20 јуни 1941 година обнародува телеграма од главниот стан на усташите во Босна: „Во четврток на 12 овој месец една група усташи придржуваше една колона хранливи продукти за населението што гладува. Во околината на Комар, Травнички округ, Србите поставија заседа и пукаа на колоната. 14 Срби беа стрелани заради тој подол напад, иако ниту еден усташ не беше ранет, но неопходно е да се земе таа драконска мерка. Ако се повтори случајот, во иднина казната ќе биде уште построга. За секој убиен усташ ќе бидат стрелани 100 строга. За секој убиен усташ ќе бидат стрелани 100 Срби. – Б.Т.А. (Бугарска телеграфска агенција – Списание „Илустрација Илинден“ кн. 6/126 м. јуни 1941 г.).\nЕте го моралниот лик на фашизмот и неговите агенти – „усташите“, кои лажеа кога велат дека носеле храна за населението што гладувало, а всушност тие конвоираа германска колона со храна, ограбена од населението за потребите на оние делови војска што се наоѓаше во оддалечените краишта на Југославија.\nЕте го моралниот лик на „усташите“, кои за еден Германец или усташ убиваа 100 Срби. Но бидејќи Србите востануваа за својата слобода, за нив смртта ништо не значеше. Агентите на фашизмот истепуваа и палеа цели српски села. Мерките што ги прилагаа усташите од фглавниот стан во Босна против Србите не беа изоолирано самоиницијативно дело на усташите, туку тие беа дело на целата реакција што ја сочинуваа продадените типови на словенството, што ги изброивме погоре – водачи на фашистички формации, составени од лумпензирани луѓе, крвопијаци, заведени и предрасположени да се бијат брат против брат, што дошле да ги гонат Титовите партизани, за да им услужат . . . На кого? – на непријателот, на окупаторите Мусолини и Хитлер!\nПротив сите тие предизвикувања од Германците и нивните агенти, против палењата, обесчестувањата на нивните жени, мајки, и сестри против ограбувањата и масовните убиства – Србите, како боречки народ издржаа со ненадмината издржливост и храброст. „Стрелајте фашисти! – викаа тие. Од парата на нашата крв ќе се роди слободата на српскиот народ и на цела Југославија.\nСрбите смело го развија знамето на југословенската поврзана антифашистичка борба и ги охрабрија сите Јужни Словени. Македонците, Хрватите, Црногорците, Словенците, Босанците, Херцеговците и сите други народности што ја населуваат Југославија, тргнаа по примерот на српскиот народ.\nА на чело стоеше Југословенската комунистичка партија, ја канализираше борбата, ја раководеше и и’ даваше идејни правци.\nПодлата црна големобугарско-кобуршка клика се стресе од бунтот на херојска Србија, која не го прими јаремот на ропството што и’ го беа приготвиле големобугарите. Големобугарите беа изненадени од смелоста што ја покажа српскиот народ, и покрај „љубимците“ на Габровски, испратија и еден цел воен корпус за да го смират разбунтуваниот српски народ.\nОд поведението на големобугарските фашисти, кои на Германците им ги понудија своите услуги, српскиот народ беше премногу огорчен и преку Комунистичката партија на Југославија тој им испрати предупредлив повик: „Војници, подофицери и офицери и бугарски окупациони војски во Србија!\nБлизу една година, како по заповед на Хитлера и неговите слуги Борис, Филов и неговата компанија, вие дојдовте како окупаторска војска на нашата земја, во слободна Србија. Вие досега бевте поставени како извршители на волјата на вашите властодршци, кои беа предрасположени за терор и за ограбување. Вашите властодршци ве тераат да се држите непријателски спрема нашиот народ, да се борите против нашите храбри родољуби – партизани, кои херојски се борат за слободата против окупаторот и против неговите подли слуги. Знајте дека, ако се борите против српскиот народ, вие се борите против својот сопствен народ! Ве испратиле да стрелате против родољупци и како „браник“ да ги предавате на хитлеровите сателити, без да ги штедите дури жените, децата и старците. Ве испратиле да устројувате заседи, да пљачкате, да ги палите нашите куќи и да ги бесчестите нашите мајки, жени, сестри и ќерки. Ги убивате нашите родољупци – херои: „Мишо“, „Малишќа“, „Стариќ“, „Коста“, „Стаменка“, „Зича“, „Сечо“, „Залена Вичковиќа“, „Војна Војновиќа“, „Мика“, „Срета“, „Младеновиќка“, „Среќка“, „Тома Костиќа“, „Корчашка“, „Бранка Новаковиќа“, и други наши слободољубиви борци, како што беа вашите Ботев, Левски и други народни херои.\nШто направивте Вие досега да ги прекратите тие гадни дела, убиства и срам, за кои ве испратиле германските фашисти и нивните слуги. Дали вие сакате српскиот народ да ве запамети како злосторници и тирани, какви што порано беа Турците? Дури сте овде и дури одите да ги гоните борците и ги приморувате да бегаат во горите и дури ги убивате и им ги палите куќите, вас српскиот народ ќе ве запамти како Турци и нема да ви прости.\nНие знаеме дека бугарскиот народ се бори против германските фашисти и нивните слуги кои сакаат да ја испратат бугарската војска против Советска Русија и останатите словенски народи.\nБугарските војници, вие сега со меч му служите на Хитлера! До кога ќе му служите? Дали знаете зошто ве довеле ваму? Ве довеле за да и’ помагате на српската реакција на Недиќевци, Љотиќевци, Пеќановци кои во продолжение на дваесет години ги угнетуваа сите народи во Југославија, против кои за целото време се бореше српскиот народ. Ваш долг е сега да не го слушате фашизмот и реакцијата која ве направила слуги и да не проливате невина крв на српскиот народ, кој се бори за својата слобода, национална независност и добар живот. Ваш долг е сега да се побратимуваме и да создаваме вистинско единство со нашите партизани и давајте им оружје. Вашето место не е со Хитлера! Вие треба да ја помагате справедливата борба, да му помагате на нашиот сојузнички велик братски руски народ.\nПомина една година откако се води ужасната борба на Источниот фронт. Крвавите хитлерови орди си мислеа дека ќе можат да ја уништат силната Советска Русија и на прво место Словените, но тие жестоко се излагаа. Тие си мислеа дека само за неколку седмици ќе успеат да ја уништат Советска Русија, а сега веќе нема светкавична војна. Славната Црвена армија, која има поткрепа од сите слободољубиви народи, е гаранција за скршувањето на хитлеризмот. На Хитлера веќе деновите му се изброени.\nБугарските војници, подофицери и офицери! Ние не сакаме да живееме како робови и сите оние кои не ограбуваат, ќе бидат уништени. Српските партизани не ги жалат жртвите, оти веруваат во својата слобода. Уште повеќе се разигра омразата во срцата на нашиот народ. Уште повеќе се собираат сили за нашата ослободителна борба, за уништувањето на поробителите – крвопијци. Тие ќе бидат за секојпат уништени.\nНапред во здружена борба против Хитлера! За солидарност на сите словенски и балкански народи! За братство и единство, исковано во борбата! Заедно совеликиот Советски Сојуз против големиот непријател на човештвото – хитлеризмот и целиот разбојнички импереријализам. Да бидеме достојни како нашите херојски руски браќа, кои придонесуваат толку драгоценост за спасувањето на сите Јужни Словени. Да се поучиме од Русите. Да го створиме и сочуваме нашето единство за брзото уништување на фашистичко зло. Се во борба против нашиот крвав непријател!\nВерност за верност во борбата за слобода! Крв за крв! Смрт за смрт! Да живее братството и единството на српскиот и бугарскиот народ во борбата против Хитлера и неговите слуги. Да живее нашата голема и силна Советска Русија – заштитница на сите Словени! Да живее антифашистичката борба на слободољубивите народи! Да живеат нашите славни партизани! Да живеат слободољубивите антифашистички борци од бугарската војска.\nСмрт на фашизмот! Слобода на народот!\n(б. н. Повикот е отпечатен во „Сопротивата“ од Орлин Василев).\nОвој повик ја постигна својата цел. Но, она што најмногу го уплаши окупаторот, тоа е големата смелост на борците од антифашистичкото движење и нападните акции против поедини окупаторски војни единици и полициски кордони.\nЦелата фашистичка збирштина се крена на нозе за да го смачка ослободителното движење против фашизмот. Но тоа движење беше ја опфатило веќе цела Југославија. Фашистите беа страшно многу исплашени од огнот на движењето што се распали стихијно во сите географски катчиња на Балканот. Уште не беше потушено партизанското движење во Србија, на 13 јули 1941 година комунистите во Црна Гора го дигнаа на нозе целото население и ја ослободија целата територија, освен градовите Цетиње и Подгорица, и фатија 6.000 италијански војници и офицери.\nПоложбата во Македонија стана уште потешка. По селата и градовите, за да се заплаши народот, основаа воено-полициски и одделни фашистички команди. Во пролетта на 1942 година една фашистичка полициска команда, составена исклучиво од Бугари, ненадејно го блокира гр. Велес и успеа да го фати Страшо Пинџур и Мирчета Ацев, кои беа слегле в град, како членови на Главниот штаб на партизанските одреди непосредно да го раководат сопротивното движење. Фатените борци маченички загинаа во рацете на мачителите, но ниту збор не кажаа за состојбата на силите на партизанското движење.\nВо 1942 година полициските ескадрони на министерот Габровски му нанесоа тешки рани на народно-ослободителното движење во Македонија. Многу млади луѓе беа убиени, многу села беа изгорени и многу селани беа интернирани во логорот Јени-ќој и други места во Бугарија.\nПри тие жестоки мерки, гонења, палења и убиства што ги вршеа фашистите и нивните полициски ескадрони, сопротивното движење на македонските партизани можеби ќе беше скршено. Но на Македонците им дојде на помош славната Југословенска комунистичка партија, што ја водеше легендарниот борец против фашизмот Јосип Броз – Тито и сите југословенски народи, и пред се српскиот народ, кој најмногу им помогна на Македонците. Тито го покажа патот и даде пример како треба да се води борбата против дошлаците – окупатори и како се победува.\nФормирањето на општиот југословенски Народно-ослободителен фронт е Титово дело. И Македонците, кои образуваа свој Народноослободителен фронт, се вклучија во општиот југословенски Народноослободителен фронт. Тито зеде мерки против издајството на југословенските генерали од типот на Недиќ и Дража Михајловиќ, кои се беа сојузиле со Хитлера и Мусолини. Тој во Македонија ги прочисти Шарловците, кои беа станале агенти на раководството на БРП(к) и на големобугаризмот и кои пречеа на разгорувањето на вооружената борба. Тој направи план и приложи стратегија на една лута и тешка борба, што требаше да се води на два фронта – против окупаторот и против неговиот внатрешен сојузник.\nТој план, неговата правилна стратегија, одговараше на барањата на народноослободителната борба што ја запали Тито, и ја прифатија сите народи што го составуваа Јужното Словенство, вклучувајќи го и бугарскиот народ кој создаде свои партизани.\nТито го раздвижи целиот работен народ и разви едно движење со гигантски размери, кое фронтално го исправи против непријателот. Тоа раздвижување на народите во Југославија против фашизмот уште повеќе го разлути окупаторот, чија полициј го засили теророт, апсењата и интернирањата и поединечните и масовни убиства во Македонија.\nНа 1 август 1941 година во с. Горни Дисан, Тиквешко, полицајците го стрелаа Димо поп Атанасов само затоа што беше македонски патриот, кој отворено негодуваше против големобугарската окупаторска власт, не ја признаваше за ослободителна туку ја сметаше како помагач и наемник на Хитлера. Но тоа мислење на Димо Атанасов беше мислење на целиот македонски народ кој го грабна оружјето и ја отпочна борбата за истребувањето на окупаторот од својата родна земја.\nПрви од македонските околии востанаа прилепчаните. Прилепската младина го пречека окупаторот со оружје в рака и на 11 октомври 1941 година една група младинци го нападнаа полицискиот участок во самиот град. Прилепските младинци ги искинаа телефонските и телеграфските жици и фрлија бомби против полицајците. Со тоа тие го демонстрираа почетокот на народното востание во Македонија, објавувајќи дека тие не сакаат веќе да ја гледаат туѓата власт во својата земја. Тоа беа првите востанички истрели на младите партизани – синои и ќерки на херои – татковци од Илинденското востание против Турците во 1903 год. ''Единаесети октомври'' беше нов Илинден – востание против дошлаците Германци и Италијани и нивните бугарски и албански слуги, предавници на својата татковина и на словенството.\nПо повод на тоа востание власта го засили теророт, интернира и стрела мнозина. По тој повод од Софија со камиони втасаа 400 души свирепи фашистички садисти, униформисани и цивилни полицајци, кои почнаа да го застрашуваат народот. За таа цел беше формирана и контрачетата на Милан Ѓурлуков кој беше местен граѓанин и родоотстапник и кој со сето свое постоење бил само разузнавач на царската полиција и раненик на Министерството на војската во Бугарија. На 19 септември тие садисти избија 24 души политички затвореници по пат кон село Дабница, што ги спроведуваа униформисани полицајци. Но таа фашистичка садистичка акција на оуверените цар Борисови слуги не го уплаши народот. Таа само го нажали и уште повеќе го оодврати. Тоа беше сигнал за здружување на народот кој ја отпочна својата организирана борба. Во секоја околија се создаде партизански одред. Народот заработи како кртица за да создаде своја организирана бојна сила со која да го прогонува окупаторот.\nПодоцна во Прилеп беа откриени младинците Блаже и Бојанче. Тие водеа борба против бугарската фашистичка полиција и херојски загинаа во нерамната борба. Нелегелците како кртици работеа за подготвувањето на антифашистичкото движење во цела Македонија.\nВо август 1942 година една илегална партизанска група влезе во с. Смилево, Битолско и ја спречи илинденската прослава што ја приготвуваа таму големобугарите и нивните агенти од македонско потекло, побугарени и фашизирани до мозокот на коските, какви што беа Лозанчевците, Георги поп Христовците и Лазар Томовците. Македонците во 1942 година на секаде ја спречија илинденската прослава што ја проектираа големобугарите. Тоа настроение за борба кај Македонците и нивната смелост во 1942 година да го откажуваат на големобугарите и нивните агенти од македонско поекло правото да ја отпразнуваат илинденската прослава по големобугарска линија, доаѓаше од надежта во партизанското движење што од ден на ден се засилуваше. Бугарските фашисти можеа само во Битола да спроведат една своја акција, организирајќи таму Илинденски конгрес од Македонци што живееја во Софија и што се издаваа за Илинденци, а кои што одамна беа раскинале со идеалите на Македонија и сега се наоѓаа во услуга на реакцијата, познатите на емиграцијата и на бугарскиот народ михајловисти.\nМинистерот Габровски беше лично заинтересиран за спроведувањето на една шумна, макар и импровизирана прослава, за да се подигне духот на администрацијата и побугарените фашистички агенти од македонско потекло, кои беа намразени од народот во Македонија заради нивната предавничка улога. Министерот Габровски го спроведе таканаречениот Илинденско конгрес во Битола. Лично тој и директорот на полицијата Антон Козаров (тогашниот областен директор – б. н.) ја организираа заштитата на тој конгрес. Владата и царот беа вознемирени од партизанското движење во Македонија и заради тоа се налагаше потребата за шумна прослава.\nВо Берлин цар Бориса го држеа одговорен за појавата на партизанското движење во Македонија, а царот ги држеше одговорни сите министри, а нарочно министерот на внатрешните работи Петар Габровски и обласниот директор Антон Козаров. Затоа сега тие обајцата се беа зафатиле со организирањето на Илинденскиот конгрес и прославата на софиските „Илинденци“ во 1942 година, и за таа цел беа наредиле нарочно да се соберат на софиската железничка станица испраќачи и на сите железнички станици до Битола да излегуваат официјални лица, цивилни, војни и да викаат „ура“, и да свири музика на секоја станица.\nКои беа тие од Софија, што дојдоа на „конгресот“ во Битола? – Пак тие – познатите фашистички орудија на Фердинанда и на сина му Борис: Лозанчевците, Кирил Христовците, Лазар Томовците и уште некои од старите егзархиски без’рбетници, врховисти од турско, на чело со михајловистите и браниците.\nЌе наведеме еден текст од „Илустрацијата Илинден“ за да се види сликата таква каква што си е: „. . . Саатот е три. Влегуваме во самата Битола. Во периферните квартали жените и децата ја манифестираат својата радост што градот ќе им прими скапи гости. Ени – маало (во турско центарот на револуционерната дејност), целото е на нозе. Жени и деца викаат „ура“ пред возот што покрај нив профуча. Железничката станица, искитена со знамиња и зеленика, преполнета е со пречекувачи. На првата линија се многу уважените фигури, обласниот директор Антон Козаров, командантот на дивизијата г. полковник Маринов, кметот на Битола Илија Начев и др. кои се редат и зборуваат.\nОраторите бараат од „Илинденците“ (б.н.) да го утврдат за вечни времиња постигнатото големо дело, да докажат дека се достојни за изградувањето на една обединета голема татковина, голема и обединета Бугарија. Со такви зборови официјалните лица, пречекувачите на станицата ги поведуваат гостите кон центарот на градот.\nНа сите што се изредија да зборуваат на станицата, им одговори Лазар Томов, претседател на софиското друштво „Илинден“ дека Илинденците ќе настојуваат баш на тоа – на „Голема Бугарија . . .“\n„Скапите“ софиски Илинденци ги рашетаа низ градот, потоа имаше „Зарја“ со церемонии, кареа од војници и џандари, ученици и маса цивилни и на битолчани непознати мрачни личности, што беа испратени од Софија и собрани од сите провинциски „јавни безопасности“ низ Бугарија, за да ги вардат софиските Илинденци од евентуални изненадувања и за да направат шумни демонстрации и прослави за делото на фашизмот кое се изрази во окупирањето на Македонија од страна на бугарските Хитлерови слуги.\nНа другиот ден, 2 август 1942 год. е конгресот. Официјални лица се редат да ги поздрават конгресистите. Пристигнуваат поздравни телеграми од: Неврокопскиот митрополит Борис; од проф. д-р Ст. Консулов, од проф. Генов, од Петар Думанов, народен пратеник; од Ковачев, командант на Преславската дивизија, од Обласниот директор во Бургас – Гуцов; од Григор Василев; од народниот пратеник Илија Славков; од видниот михајловист Дрангов; од видниот михајловист Тодор поп Адамов; од видниот михајловист претседателот на МНК и деветојунскиот завереник генерал Коста Николов, од членот на МНК и орудие на министерот Габровски, полковник Стаматов, од Иван Орманџиев – познатиот фалсификатор на македонската историја, од Тане Николов – кој со нож ги покрстуваше родопските помаци, од Андреј Тошев – бившиот министер претседател и „трговски“ агент во турско и познатиот врховист и шпион на Фердинанда и на сина му Борис, од обласниот училиштен инспектор и бивш шпион на Протогеров и на Кирил Прличев – Царвушанов, од бившиот министер на правосудието од блоковиот кабинет Врбанов што дозволуваше да се внесуваат во софискиот централен затвор пиштоли и ножови да се бијат „протогеровистите“ и „михајловистите“ и уште многу други.\nНо, што беше најинтересно – конгресистите беа поздравени и од јапонскиот полномоштен министер Јамача, германскиот замесник на ополномоштениот министер во Софија – Риман и лично од министерот Габровски („Илустрација Илинден“ кн. 7-8/137-138 од 1943 год.).\nЗа изненадување на конгресистите, во салата влегуваа министерот Петар Габровски. Побугарените тајни полицаи што се наоѓаа во салата стануваат на нозе и викаат „ура“. Министерот се качува на говорницата и изјавува дека тој е испратен од Неговото Величество Царот за да им го предаде на Илинденците неговото високо внимание и да им напомени дека тој нема да ги остави ненаградени сите живи Илинденци и сите што зеле учество против Турците и сите што се бореле на страната на Бугарија и за Голема Бугарија. Но, меѓу другото, изјави министерот Габровски, овде е местото да се споме оти ќе се земат сите потребни мерки против оние Македонци кои се задахнати со противбугарска омраза од туѓи елементи. „Илустрацијата Илинден“ кн. 7-8 го одбележува појавувањето на Габровски на конгресот, и на стр. 10 пишува за неговото заплашување против елементите задоени со противбугарска омраза, ветувајќи дека на друго место ќе го печати целиот негов говор. Но, тоа „Илустрацијата Илинден“ не го стори.\nВо Битола заедно со софиските Илинденци, се наоѓаат и инспекторот на пропагандата Никола Коларов и Крсто Велјанов, познатите михајловисти и душоприказници на самиот Иван Михајлов, кои исто така даваа напатствија за свеченото отпразнување на Илинденската епопеја.\nПонатаму „Илустрацијата Илинден“ пишува: „На чело со воената музика и со покриените со слава илинденски знамиња, со портретите на Негово Величество царот, Хитлер и Мусолини, веќе старите Илинденци, по кои идеа учениците, војниците, браниците и организациите, поминаа во стројни редови и застанаа на плоштадот „Турунџов“. За делото на Турунџов одржа говор претседателот на Илинденската организација Лазар Томов. Потоа пак во стројни редови, манифестацијата тргна кон мостот на р. Драгор и се запра на местото каде што падна Јонче Чамов и неговите другари, каде што Георги поп Христов со чувствен говор положи венец и од името на Илинденците.\nТаму софиските Илинденци извршија злочинство спрема апостолот-маченик Алексо Турунџов, кого Турците го осудија на смрт и го обесија во 1906 год. на тогашниот „Атпазар“, заради неговите идеи и борбата да ја види својата татковина Македонија слободна – не во границите на Бугарија, заради неговата борба против врховизмот и подлизувањата против кои Алексо се бореше.\nТаму, истите тие „Илинденци“, заедно со Георги поп Христов, кој беше се продал на врховизмот уште во турско време и кој во 1922 година за 40.000 лева што му ги даде Протогеров беше заминал во Македонија под југословенска власт за да му служи на италијанскиот ревизионизам – положија венец на провокаторите во послеуриетските борби Јонче Чамов и неговите двајца другари, фердинандовите орудија, кои големиот ренегат Христо Матов ги поткова, заедно со други во Битола поставени лица, да го отепаат големиот федералист, македонски војвода и Уриетчија Црногорецот Јова Ивановиќ кого врховистите го мразеа и за чие убиство младотурците ги открија, осудија и обесија, бидејќи се докажа дека тие истите од Софија добиле заповед за убивањето на федератистот Јова Ивановиќ.\nПо таа церемонија на Ат-пазар, што ја изврши Георги поп Христов, софиските Илинденци отидоа на бугарските и германските гробишта, каде што началникот на гарнизонот го потцрт братството меѓу бугарскиот и германскиот народ и положи венци.\nИ по таа церемонија, по привршувањето на прославата, она што министерот Габровски им го вети на софиските Илинденци – дека Царот ќе ги награди – наскоро се изрази во давање пензии на сите оние лица што се водеа во списоците на илинденската организација во Софија и во провинциските градови, како и на другите живи луѓе што учествуваа во Балканската војна. Сесилниот цар Борисов советник, дановист Лулчев, му наложи на царот да им даде пензии на сите македоноодринци. Таа дарежливост од страна на царот и буржоазијата доаѓаше од стравот од партизанското движење кое ја опфати скоро цела Македонија во сите три нејзини распарчени делови. Пензиите беа дадени како поткуп за да се ослаби борбата на народноослободителното движење. Само на комунистите не им даваа пензии; нив ги испраќаа во Дирекцијата за државна сигурност да се снабдат со уверение за „благонадежност“.\nГабровски даде пензии, но не пропушти да го исполни заплашувањето што го соопшти на конгресот пред софиските Илинденци во Битола – дека ќе земе „предварителни“ мерки против оние елементи што се запоени со противдржавна и противбугарска омраза.\nТие „предварителни“ мерки фашистичкиот бугарски министер Петар Габровски ги изрази во масовни интернирања, претепувања и палења на домовите на Македонците, кои Габровски не можеше да ги поткупи со крвавите пензии што ги даваше за вршење предателство. Пензиите не помогнаа на бугарската фашистичка влада. Со поткупување на може да се запре антифашистичката борба. Во летото 1943 година прилепскиот партизански одред веќе имаше 200 души. Штабот на македонските одреди издаде манифест кон македонскиот народ, во кој отворено и недвомислено се определуваше карактерот на македонската борба. Во тој манифест се велеше дека македонската борба не го води македонскиот народ кон шовинизам и шовинистички разбирања, туку кон реална резултатна борба, кон таков степен, македонскиот народ да биде слободен и од него да се создаде идна прогресивна единка, која ќе биде пиемонт на Јужните Словени.\nСо тој манифест од Главниот штаб на македонските одреди, Македонците им покажуваа на Јужните Словени дека тие вложуваат во борбата едно сосема ново разбирање на целите на една нова слободна Македонија.\nРазбирајќи ја смислата на борбата, бугарската фашистичка власт ги засили драконските мерки против македонската народно-ослободителна борба. Таа си постави за цел да го удави народот во крв за да ја запре таа борба. Беа испратени многубројни полициски ескадрони што беа повлечени од внатрешноста на Бугарија, и тие заедно со одделни групи војска започнаа комбинирани напади против народот и неговата ослободителна борба.\nПланот на бугарската фашистичка влада за уништување на народно-ослободителната борба се состоепе од две основни положби:\n1. Поход против селаните и систематски блокади на селата и градовите; заедно со претреси на становите и местностите, и\n2. Спроведување свиреп крвав терор, избивање, палење домовите на партизаните и нивните претполагани укривачи и помагачи и интернирање на истите.\nВо Прилепско, Велешко, Скопско и насекаде во Македонија сновеа полициски групи, наоружени со најмодерно оружје, со шмајзери и минофрлачки и вршеа блокади и претреси. Едновремено со блокадите и претресите се вршеше терор. Набедените луѓе беа тепани со цел да се истргнат од нив искази и откривања на четата.\nНо блокадите, претресите и тепањата на народот му носеа само страдања. Тоа, макар што тешко го поднесуваше народот, немаше никаков одраз на одот и на развитокот на партизанското движење. А и самиот народ не се исплаши. Десетици години редум тој народ гледал и трпел многу блокади и претреси и поднесувал таков терор. Авџитабурските блокади на цели села и градови, посредувани со инквизиција на од порано забележени работници во револуционерната организација во Турско, уште беа пресни во свеста на измачениот македонски народ. Големобугарските фашисти кога ги прилагаа методите на насилба, видоа дека македонскиот народ се бори и не се плаши од терор и дека него не го плашат блокадите и убиствата. Тогаш тие станаа пожестоки и од Турците, започнаа да ги избиваат родителите и едномислениците на партизаните. Во село Живец, Тиквешко, една војно-полициска група ги фати татковците на тројца партизани, ги измачи ѕверски, ги бодеше, им ги сечеше месата за да кажат каде се нивните синови.\nЗа таа крвава расправија и за други слични еве што пишува Лазар Мојсов во својот расказ „Осветата кипи во нашите срца“.\n„ . . . Издивнувајќи, тие херои татковци на уште похерои партизани – нивните синови, рекоа: „Да се живи нашите синови – тие ќе не осветат“. Во Неготино и во Радикин Дол фашистите го закопаа во земја до половина Манчо Малиновски и го мачеа за да каже што знае за партизаните. Војниците од 54 пеш. полк (бугарски, што беа излегле да оптарашуваат по селата, како што правеа турските авџитабури некогаш, кои ги мачеа селаните за да кажат каде се комитите, б.н.), го бодеа народниот човек, го искасапија на парчиња и го изгазија по земјата.\nРајна Хаџи Теофилова ја стрелаа во Дреновската Клисура. Фроса Чедомирова ја искасапија на парчиња на Криволашкиот мост. Фашистичките полицајци и’ ги отсекоа градите , . . и така од Дреново до Радне. Од Мрежичко до Демир Капија бугарските авџитабури сееја ужас и смрт. Такви беа фашистичките орди на големобугарските „обединители“ и „ослободители“.\nНа тој начин полковникот Атанасов заслужи орден. Но тој не беше задоволен. Малку тој беше сторил за каузата на „Голема Бугарија“. Сакаше да заслужи уште поголеми награди и унапредувања. Си ја прибра војската која беше изморена, искината и извалкана од походи на убиства, претреси, изнудувања, настапувања и палења; . . .“\nРасказот од Мојсов е потресен. Културтрегерите го колеа и бесчеста народот што се беше разбунтувал против крвавото фашистичко големобугарско ропство.\nНо Народно-ослободителната борба што започна на 11 октомври 1941 година се повеќе растеше и големобугарските полицајци одеа од село во село, од град во град, ги сардисуваа куќите и ги изведуваа сите поразбудени луѓе. Се слушаа тапи удари. Тешки длабоки стенкања од мачениците . . . и бесни извици од оѕверените мачители – палачи . . .\nРаскажувачот Мојсов продолжува: „Кажи, кажи твојата мама комунистичка, кажи ги своите другари. Кои се членовите на Околискиот комитет? Кажи оти ќе те убиеме . . .“\nДа, токму така. Токму како пред дестици години, пред и по Илинденското востание, кога турските авџитабури се дереа на своите жртви: „Кажи, кажи невернику. Ќе те убиеме“.\nГолемобугарите дојдоа во Македонија со крваво угнетување како и Турците, за да го затврдат своето царство, својата фашистичка окупација. И кога го видоа народот како негодува, како им го откажа правото да господаруваат над него, велејќи им: „Зошто сте дошле? Кој ве канел? Одете си! Ние сами ќе си се управуваме . . . – тогаш тие се оѕверија така како што се беше оѕверил Турчинот, кога Македонецот почна да се буни против неговото господство и ги употребија неговите методи на мачене и инквизиција. Но гордиот Македонец повеќе ја сакаше смртта отколку срамниот живот и со усилбите и издржливоста што му беа својствени,ја победи смртта и отпочна борба. А окупаторите се ожесточуваа се повеќе и повеќе спрема таа негова смелост и се пожестоко и побезмилосно го мачеа и убиваа за да му ја скршат волјата за борба. Фашистите ги надминаа Турците и нивните авџитабури.\n„Во јуни, - раскажува пак Мојсов, - фашистите што ги водеше поручникот Костов, по заповед од потполковникот Апостолов, влегоа во с. Ваташа и од нивните домови ги изведоа младинците: Диме Аризанов – 18 годишен, Пано Друков – 18 годишен, Христо Гондов – 18 годишен, Блаже Чемерски – 16 годишен, Ванчо Груев – 18 годишен, Данко Даков – 18 годишен, Герасим Матаков – 17 годишен, синот на Даме Петров – 17 годишен, и уште три млади момчиња. Селаните ја осетија опасноста и сите тргнаа по нив. Фашистите им ги свртија шмајзерите и им рекоа: „Не верувате ли? Ние ги водиме на испитување“. И селаните се вратија. Младинците ги изведоа во гората и на лединката ги стрелаа. Тие младинци не ги измачија како што ги мачеа оние што ги фаќаа и што ги изведуваа од нивните куќи. Непотребно е, велеше поручникот, тие нема ништо да ни кажат. И тие, гордите наследници на своите татковци – Илинденците – покосени од шмајзерите, со својата крв ја оросија зелената лединка. И среде стреланите потопени во крв, Весо Хаџи Јорданов, слабо ранет, се исправи и извика: стрелајте, кучиња, нашата идеја нема да умре“.\nТака заврши Ваташкото клање.\nТакви беа условите при кои се распалуваше Народно-ослободителната борба во Македонија.\nВо исполнувањето на ослободителната задача и во процесот на самата борба в затвор паднаа многу чесни македонски синови, едни беа интернирани, други покосени во борбите и од поставените полициски заседи. Од една таква полициска заседа во гр. Скопје херојски загина Кузман Јосифовски-Питу, во гр. Прилеп – Круме Волнаровски и Кирил Гаврилчето.\n„Во изминатата 1943 година – пишува шефот на разузнавачката служба полковникот Недев – надворешни непријатели направија сериозен обид да внесат смут во државата, народот и војската преку лоша пропаганда, преку „Петтата колона“ на нелегалното партизанско движење и преку противдржавните организации што имаа за цел по насилствен начин да го сменат сегашниот државен строј“.\nГолем дел од војните и полициските усилби на државната власт беше ангажиран во борбата против таа опасност. Без многу да се плашиме, треба да се потцрта дека во идната 1944 година изгледите за уште една поуспешна акција од страна на противдржавните елементи против нашата државна сигурност, се многу големи. Крајно време е, да се земат вонредни, по својата строгост радикални мерки за да се уништат кадровите на сите злосторни сили кај нас и за да се раскринкаат пред народот нивните престапнички потфати што по заповед од нашите надворешни непријатели ги вршат против постоењето и иднината на Обединета Бугарија“.\nНародноослободителната борба зема широки размери, простиот царски џелат ја означува како петта колона, за чие уништување тој бара да се земат извонредни радикални мерки, што на фашистички јазик значи да се избие воопшто целото население.\nВо пролетта 1944 година Народно-ослободителната борба сериозна ја засташува големобугарската окупаторска власт во Македонија. Народот со оружје в рака оди по патот на борбата кон постигнување на својата слобода и никакви вонредни мерки не се во состојба да го уплашат и запрат. Тоа се потврдува и од докладот на началникот на државната сигурност, фашистот Никола Гешев, кој официјално и автентично потврдува дека суровостите не можеле да ја запрат патизанската борба, туку напротив, и покрај гонењето тоа постои и расте.\nЕве што пишува Никола Гешев, познатиот инквизитор, полицаец од класа:\nРЕФЕРАТ\nЗа политичката положба во царството и за дејноста по линијата на државната сигурност во јуни 1944 г.\nБитолска полициска област\nНа 30 мај о. г. во село Старавина,Битолско, дошле бежанци од селата Тресене и Магленско од Егејска Македонија. Од испрашувањето се констатира дека тие побегнале од своите родни места затооа шт грчките андарти сакале да ги соберат сите младинци од 20-30 години, за да му попречат на нашиот офицер за врска со германските трупи – поручник Калчев, кој во согласност со германското командување во Леринска околија започнал да го наоружува бугарското население (разбирај македонското, б. н.) за борба против комунистичките банди (б. н.: под терминот андарти разбирај партизански чети кои вршеле мобилизација на младината, а побегнатите бегалци се неколку големобугарски агенти, на кои им станува тешко стоењето во родните места поради растењето на партизанската борба.)\nНа 4 . . . о. г. во с. Тресене дошле 400 души српски партизани (б. н. се однесува на македонскиот дел од народноослободителната армија на Југославија). Водач, командант на групата било лицето со псевдоним „Горски“. Партизаните биле сместени во куќите од селото и останале седум дена. На последниот дел втасале во селото 50-60 германски војници. Нелегалните се одалечиле во гората над селото и против германците започнале борба која траела шест саати. Дали имало убиени или ранети од нелегалните, бегалците не знаат. Германците заробиле еден од нелегалните и го обесиле сред село, а потоа се оддалечиле.\nВо селата Герман, Рамба и Рудари – Леринско се наоѓале големи групи нелегални, на број околу 1500 души. По се изгледа дека таму се собрале сите македонски групи и грчки комунистички банди. Нелегалните ги повикале мобилизираните и им рекле дека ќе им ги изгорат куќите ако отидат кај Германците.\nДрумот што води од с. Желево за с. Герман бил миниран. Населението било мобилизирано од нелегалните и ноќно време поставиле мини по друмот и мостовите за да го спречат движењето на германските трупи.\nНа 18 април о. г. една чета составена од околу 250 души, заминала за селото Нивици, Леринско, по друмот на Ресенската околија, со задача да им помогне на Титовите војски во Србија кои биле опколени од Германците. Четата била составена само од битолски нелегалци. Веруватниот пат на четата е преку албанска територија. Контрачетникот испратен во с. Буф, Преспанско, известува дека во тој реон за сега има само седум души нелегалци, од кои тројца се од Битола, едниот е софијанец што избега од Грција како војник и тројцата се Грци. По се изгледа дека тие нелегалци служеле за врска. Истиот контрачетник успеа да влезе во веска со нелегалецот Геро Наумов Фотев од с. Бистрица, Битолско и му дал писмо за сестра му што живеела во истото село.\nОд разговорот што го имал со нелегалците се утврдува дека истиот бил курир меѓу Првата и Втората бригада од кои Првата квартирува во Кичевско и Дебарско на албанска територија, а Втората на врвот на Кајмакчалан и на планината Пиперка, на грчка територија. Истиот контрачетник успеал да се поврзе со други нелегалци во Битола, ул. „Софија“ бр 30. Од добиените сведенија може да се заклучи дека втората бригада заминала за албанска територија, за да се соедини со Првата бригада на која составот после водените борби усетно намалил.\nОд конспирацијата што беше откриена минатиот месец во Охрид, се гледа оти комунистите не престанале да работат. Држат постојана врска со нелегалците, организираат младинци и ги испраќаат во нелегалност на албанска територија, каде што им е и свртилиштето на нелегалците.\nНа 4.VI.о.г. близу до манастирот св. Наум, Охридско, граничните војни власти ги фатија нелегалците: Сотир Димитров Христов, Тодор Велев Марков и Васил Лазаров Стефанов, тројцата од село Љубаниште, Охридско, кои се во нелегалност од 18 мај о.г. Задржани се во Охридскиот околиски участок каде што се води иследување.\nСобирањето на луѓе за да се пополни Македоно-Косовската бригада, која претрпе големи загуби зимата 1944 год. во борбата кај с. Богомила, Велешко, се извршува со голема брзина. Резултатот от тоа собирање е: од 21 мај до 16 јуни т.г. отидоа во нелегалност само од Крушово 55 души, меѓу кои покрај лицата што во минатото биле набележени како комунисти и инородци има многу лица од „добри“ бугарски фамилии, пто покажува дека ширењето на англо-американската пропаганда за автономија на Македонија нашла добар терен во сите слоеви на општеството.\nНачинот што Комунистичката партија во гр. Крушово го спроведува во собирањето на луѓе за партизански одреди наложи да земаме брзи и особени мерки.\nВо месецот отишле во нелегалност 50 души од областа.\nОпшто во месецот во реонот на областа се извршени: 3 саботажи, 9 оружани напади, имало 7 појавувања на нелегалци, фатени се 7 души нелегалци, се предале 3, а од наша страна 2 службени лица се убиени и 2 ранети, 2 приватни лица се одвлечени и 6 нелегалци се убиени.\nОдведени на ново местожителство во текот на месецот 55 души. За комунистичка дејност затворени се 124 души.\nСкопската полициска област.\nНа 1.V.о.г. се извршија аспења на лица што од порано беа набележени, за кои имаше сведение оти се занимаваат со комунистичка дејност. Од истражувањата што се направени досега, се констатира дека со последната провала на Комунистичката партија и нејзините оддели, што стана во гр. Скопје во м. октомври 1943 до март 1944 г., дејноста на нелегалците конспиратори во таа провала се изразувала во единична врска. И покрај тоа што имало доста приврзеници кои биле готови да работат во партијата, ништо не е направено поради тоа што немало организатор. Тоа нешто беше многу добро разбрано од централното раководство на партијата и затоа во почетокот на м. март партијата на нелегален начин го испрати во Скопје познатиот на службата, опсен конспиратор Крум Јосифов Наумов, 24 години, родум од Тетово а живее во Скопје, нелегалец од м. октомври 1943, по занает шивач, со задача да влезе во врска со предварително определени лица за да формира со нив месно раководство на партијата. И навистина, по доаѓањето во Скопје тој се поврза со определените лица и успеа да формира местен комитет на партијата. Уште на првото собрание Крум Јосифов Наумов им прочита едно писмо испратено од Обласниот комитет на Комунистичката партија во кое се велеше дека од последната провала до тој момент во Скопје немало никаква организација на Комунистичката партија и дека ќе треба на тоа собрание да присаствува човек од областниот комитет и за таков О.К. го назначува самиот Крум Наумов.\nНа тоа собрание биле определени должностите на секое лице и им се дадени партијни имиња. Од средината на м. април до провалата, месниот комитет на Комунистичката партија во тој состав развил голема дејност. Можел да организира неколку конспиративни канали и испратил од Скопје над 50 души партизани.\nПреписката заедно со 31 лице и со запленетите материјали беа предадени на Скопскиот прекии воен суд. Еден дел од задржаните беа испратени на нови местожителства, а другите ослободени.\nПреписката од откриената конспирација во гр. Куманово беше испратена на Скопскиот преки воен суд заедно со 7 души, 14 души по неа беа испратени на нови местожителства, а другите ослободени.\nОколу средината на месецот службата располагаше со сведенија дека околу Штроица, Качаничко, се движи група партизани и дека некој од селото бил во услуга на истата. Во врска со тоа беа испратени органи на службата кои извршија апсења и брзи испитувања: во врска со тоа откривање беа уништени 50 луѓе, јатаци на партизаните, заедно со нивните фамилии, а куќите им беа изгорени.\nНа 19. VI. т.г. во гр. Велес прекиот воен суд го разгледа процесот на последната велешка конспирација. Судот најде за криви и осуди 4 души на смрт 2 души на доживотен затвор, а останатите по 10 и 15 години строг темничен затвор.\nАкцијата за прочистување од партизаните во Моравско, Козјак Планина, Гевгелиско и Кавадарско продолжува. Борбата против истите е тешка заради тоа што е теренот под шума. Партизаните добро ги кријат своите траги. За сега, народната власт со Третата македонска, Шестата и Седмата црногорска бригада и двата Косовски батаљона се наоѓаат околу Црна Трава, Сурдуличко.\nВо Гевгелиско и Кавадарско од време на време се пројавува Втората македонска партизанска бригада, која брои околу 400 души. Истата врши акции и општо во текот на месецот во реонот на Областа се забележени: 8 саботажи, 50 вооружени напади, 3 појави на нелегалци и во борбите против нелегалците убиени се 443 нелегалци, фатени 16 души и се предале 9 души. Во борбите против нелегалците од наша страна се дадени 106 убиени, 61 фатени и 147 одвлечени заедно со лица од други ресори и приватни лица.\nНие ќе се сопреме за малце на извештајот на Гешев:\nЦифрата „убиени нелегалци во текот на месецот“ не е вистинска. Тоа противречи на цифрата „одвлечени“. Партизаните, кога имале сила да извлечуваат толку народ, не биле бессилни за да се вардат во борбите и да излезат со помалку жртви.\nЦифрата „убиени“ може да се смета за вистинска ако џелатот Гешев во неа ги клава и невините селани што беа избиени по негова заповед како јатаци и помагачи на партизаните.\nЗа нас овој полициски извештај има значење на официјален документ кој ја потврдува нашата македонска револуционерна борба, народно-ослободителната борба и нејзиното растење, која ги опфатила масите и која борба за слободата на Македонија започна од 11 октомври 1941 година и продолжи конечно до истерување на окупаторите и нивните слуги – големобугарите.\nНа ова место ние треба да констатираме дека во процесот на развитокот на народно-ослободителната борба во 1943 година има работи што станале во текот на таа година а што не се забележени во извештајот на началникот за државна безбедност. Во тој однос извештајот е неполн за некои поединечни убиства на мирни селани од страна на власта, или поединечни напади и убиства на некој издајник или џандар од страна на народно-ослободителните борци. Така, на пример, не е покажан нападот на град Крушово во м. август 1943 година на денот Илинден што го изврши месниот партизански одред и уби двајца полицајци и на тој начин ја спречи самата прослава што ја проектираа големобугарите за тој ден.\nВо извештајот не е покажана збунетоста што постоеше кај окупаторите во 1943 година, што од страв не можеа нигде да ги спроведат проектираните илинденски прослави. Збунетоста на окупаторите беше резултат на развитокот на народно-ослободителната борба во Македонија, на силното партизанско движење кое спречуваше секакви иницијативи на окупаторот во 1943 год.\nВо скопската полициска област беа силно возбудени од појавувањето на Втората македонска партизанска бригада што броеше околу 400 души. Таа се движеше во Кавадарско и Гевгелиско. За неа се зборува и во извештајот на полицискиот инспектор при дирекцијата на полицијата Никола Коларов.\nВо летото на 1943 година по наредба на полицијата, за Гевгелиско заминува познатиот меѓународен војноподбуцнувач Костадин Ципушев, родум од град Радовиш, кој беше назначен на синекурна полициска и шпионска служба во гр. Скопје и во с. Миравци се обидува да организира контрапартизански чети. На собранието што го свика присуствуваат: Костадин Ципушев, Георги Хаџи Митрев од гр. Гевгелија, Илија Алаџајков од с. Смоквица, Илија Југов, Тодор Шејтанов од с. Миравци, Стојан Бучков од с. Тушин, Гевгелиско и други селани од разни села. Костадин Ципушев држеше говор и апелираше да се помогне на бугарската држава, да се организира и засили контрапартизанската чета и да се влезе во трагите на партизаните. Истовремено Георги Хаџи Митрев стоеше на чело на една таква чета и беше изгорел некои куќи од с. Конско, Гевгелиско. Но Георги признава пред Ципушев дека тој не можел да излезе на крај со партизаните и барал да му се придадат нови контраши. Поканети се Стојан Бучков од с. Тушин, Гевгелиско, жител на село Милетково и Илија Алаџајков од с. Смоквица. Според мислењето на Георги Хаџи Митрев, ако тие двајца влезеле во контрапартизанската чета и населението ќе се согласело да не ги помага партизаните, но тие двајцата откажале. Поради откажувањето, во сред град Гевгелија стрелале на Стојан Бучков и истиот бил ранет во вратот. Стрелале контрашите од четата на Георги Хаџи Митрев Костанин, родум од село Ровина, Кавадарско а настанен во с. Конско, и Ефтим Ангелов Колебачот, родум од с. Конско, Гевгелиско. Стојан Бучков, како ранет бил одведен во скопската војна болница и таму оздравел, но подоцна, по настојување на Георги Хаџи Митрев и со одобрението на скопската полиција, Бучков бил отруен во болницата еден ден пред да биде испишан како сосема здрав. Илија Алаџајков го излагал Георги Хаџи Митрев дека имал реуматизам во зглобовите и затоа не можел да се движи по планините, но и покрај тоа мировчанецот Илија Југов му рекол дека тој и неговите синови станале жертва на луѓе што преминале низ село Смоквица во 1942 година и таму развиле противфашистичка дејност. Тој го визирал лицето Ангел Динев кој се јавил во 1942 година во Смоквица и Миравци и бил изгонет од околноста на Гевгелија од управителот Светозар Андрејчев родум од Тетово.\nИзгонувањето на Ангел Динев од Гевгелиско станало во пролетта на 1942 година по донос на Георги Хаџи Митрев а по налог на Светозар Андрејчев. По донос на Георги Хаџи Митрев во истото време беа уапсени 14 души смоквичани обвинети во англофилство и русофилство. Овие луѓе беа одредени за интернација но ги спаси кметот на село Миравци кој се застапи за нив докажувајќи пред управителот Андрејчев со досиетата што се наоѓаа во општината дека тие луѓе српската кралска власт ги третирала како агенти на Бугарија. А тие не биле ништо друго освен добри Македонци.\nВо Неготино и Кавадарско началник на контрашите беше Атанас Калчев, човек од Тодор Александровата царска четничка формација. И него го организирал Костадин Ципушев. Овој садист Калчев на 9 јуни 1923 г. безодговорно ја задави својата жена, оставајќи ги своите две деца сирачина и се ожени за друга. Со царска заштита тој дејствуваше неодговорно и по своја волја. Тој учествуваше во шпицкомандите при потушувањето на септемвриското востание, ги убиваше селаните и работниците и оттаму го доби правото да убива кого што сака. При нарастувањето на партизанското движење Калчев се криеше некое време по Македонија. Но кога се повлекоа Германците, софијанци и селани во с. Банки, Софиско го најдоа самообесен на едно дрво во с. Банки, неколку дена после 9 септември 1944 г.\nКако што е познато, Ципушевците не можеа да укажат влијание на Македонците. Партизанското движење нарасна и премина во напад.\nВо лично поверливо писмо до штабот на бугарската војска под бр. 1-392 од 30 април 1944 година, се вели дека на 25 јануари 1944 година македонски партизански чети влегле во гр. Кратово и го сардисале училиштето во кое се наоѓала една пешадиска чета и еден дел од неа бил одвлечен. А на 27.IV.1944 година исто така, во Моравско партизаните нападнале една железничка станица. Станицата ја урнале, а германските и бугарските војници ги одвлекле.\nСлични смели напади не беа ретки ни во 1943 год. а 1944 година народно-ослободителната борба во Македонија беше веќе во широк боен фронт исправена лице во лице против Германци и Бугари, за нивното истерување од Вардарска Македонија. И ете тука, во разраснувањето на народно-ослободиталната борба, и до протерувањето на окупаторот, паднаа скапи мажи, мили синови на Македонија, борци, агитатори и организатори, некои од нив извлекувани од куќите и убивани. Фашистите веќе го гледаа крајот на своето господство, но заслепеноста и шовинизмот ги тераше се повеќе и повеќе кон престапи и секој ден тие вршеа политички убиства. Следниот поверлив извештај го карактеризира моралниот лик на бугарската фашистичка буржоазија, која со парични награди ја подлажуваше полицијата и ја тераше кон извршување на политички убиства.\nМинистерството на внатрешните работи и народното здравје\n17 јуни 1944 год.\nИЗВЕШТАЈ\nОд началникот на Б. К. одделение при истото министерство, по одно на помоштите дадени на фамилиите на убиените од партизаните и тие што се покажаа при гонењето на истите.\nГосподине Министре!\nИсполнувајќи ја Вашата наредба Ве известувам:\n1. Немам специјален законски тескт по чија сила треба да се плаќа по 50.000 лева за секој убиен нелегалец, но по толку се плаќа не само за убиен, туку и за фатен. Таа пракса ја приложи прв пат бившиот министер на внатрешните работи и народното здравје г. Дочо Христов. Мислам оти за тоа имаше согласност од г. Министер Претседател. Формално тие расходи се правдаат по силата на текстот од параграфот 36 од буџетот, во кој на Министерот на внатрешните работи и народното здравје му се дадени полномоштија за таа цел во износ од 500.000 лева. Овој текст е создаден во времето на Министерот на внатрешните работи и народното здравје г. Петар Габровски, во споразум со министерот на финансиите, главно за пмоштите на фамилиите на државни и приватни лица убиени во борба против нелегалците. До тогаш висината на помошта и наградите за сите случаи се одредуваше по чл. 9 од Законот за буџетите, отчетноста и претпријатијата, т.е. до 10.000 лева од Министерот на внатрешните работи и народното здравје, до 100.000 лева од Министерот на финансиите, а над 100.000 од Министерскиот совет.\n2. По 50.000 лева на глава – убиен или фатен, давани се на војската и џандармеријата.\nЗа 1943 год. се дадени . . . . 1.900.000 лева\nЗа 1944 год. „ . . . . 26.450.000 лева\nОд оваа сума исплатени се на в. ед. 19.500.000\nНа џандармериски одреди . . . 8.850.000\nСе = 28.350.000 лева\nНачалник на Б. К. оддел (п) Иван Трифунов.\nВерно, началник на Одделот, инспекторат 1(п) не се чете.\nНа фронтот на таа тешка борба што надахнуваше вера во слободата на Македонија и во разгорувањето на самото востание загинаа непрежелени синови и ќерки на народот, оддадени на борбата и истакнати борци како Кузман Јосифовски – Питу, Орце Николов, Цветан Димов, Киро Гаврилчето, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Борка Талев, Трајко Бошков, Стефан Наумов, Мара Јосифова, Коста Раџин, Крум Волнаров, Крсте Тодоровски, Тошо Волков, Мите Богоевски, и уште многу други познати и непознати херои.\nСите тие жртви не отидоа напразно. Идејата за која што тие се бореа се оствари. Денеска македонскиот народ, носејќи го високо во својата свест споменот за нив и нивната слава, слободно гради своја држава, стопанство и национална култура, со помош на општата федеративна држава ФНРЈ.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XVII._%D0%9F%D0%BE_%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%B2%D0%BE_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%88%D1%82%D0%BE_%D1%81%D0%B5_%D0%BD%D0%B0%D0%BE%D0%B3%27%D0%B0%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 10561, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10136", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XX. Положбата во Бугарија по септември 1944 год.", "text": "Народни суд на сцената. Каков беше цар Борис. Цар Борис германски и неговите агенти пред народниот суд. Осудените регенти и министри. Политичката полиција ликвидирана. Нови завери за воени преврати. Обесување на Никола Петков и на Трајчо Костов.\nКога Хитлер ја објави втората светска војна за превласт и прераспределување на светот, агентите на германизмот во Бугарија, народните избраници од бугарскиот царски парламент го кренаа носот и го величеа неговото дело. Царските бугарски народни пратеници не ги интересуваа ниту причините на Хитлеровската војна, ниту нејзиниот идеен и политички карактер и победи. Тие беа купени луѓе на кои им беше даден задаток да ја поткрепуваат политиката и положбата на војна што им беше потребна на цар Борис и Хитлер. Назначената царска влада на проф. Богдан Филов натокмуваше растегливи буџети. Николазахариевците ја преврнаа Бугарија во Хитлеров стопански бункер и ја беа направиле база на Балканот за нацистичкото варварство во Европа. Цар Борис III задоволно си ги триеше рацете од создадената положба. Тој дејствуваше внимателно. Беше доста тактичен и претпазлив за да не прави грешки. Но, општествената, надворешна и внатрешна идеолошка и политичка положба на Бугарија се развиваше во корист на светската демократија и сите царски усилби да ја задржат Бугарија на фашистичката основа пропаднаа. Бугарскиот народ таеше длабоки симпатии спрема рускиот народ; а и неколку воени конспирации по казармите му потскажаа дека тој не ќе може ненакажано да ја испрати бугарската војска на Источниот фронт.\nТаа политичка положба, сега по 9 септември 1944 год. по влегувањето на Црвената армија во Бугарија и откога бугарската власт ја презеде Отечествениот фронт, ја разгледуваа нивните луѓе од отечественофронтовската влада на чело со министерот претседател Кимон Георгиев. Владата го уапси најнапред регенскиот совет: Богдан Филов, принц Кирил и генерал Михов, а после и целиот состав на владата на Добри Божилов. Таа акција на владата на Кимон Георгиев стана под притисокот на народните маси, кои со митинзи и резолуции беа искажале желба да се устрои народен суд и да се судат виновниците, хитлеристите и фашистите од Втората светска војна, кои на бугарскиот народ од селата и градовите му беа причиниле неизмерни беди. Владата на Кимон Георгиев беше принудена да устрои народен суд.\nПред тој народен суд беа исправени да одговараат регенскиот совет, сите советници на Цар Борис, сите министри од кабинетот на Добри Божилов, бившите влади на Багрјанов и Коста Муравиев, сите народни пратеници од царскиот фашистички парламент и сите војни и административни лица кои беа компромитирани се издевателствата во време на гонењето на луѓето од антифашистичкото и сопротивителното движење во Бугарија.\nПри распрашувањето на еден од царските советници, Лулчев, наречен „вицекралот,“ кога го прашаа да каже што знае за личноста на цар Борис и неговата политика, обвинениот „вице крал“ се помачи да го претстави како болен, наивен, безволен, и способен само за крпач на стари обувки. „Вице кралот“ со тие искази имаше за цел да го запази престижот на круната и да ја префрли тежината на цар Борисовите престапленија на министрите и пратениците. Надевајќи се на Англо-американската помош и заштита, „вице кралот“ сметаше на тој начин да ја одбегне својата лична одговорност и да отстрани од својот грб една пресуда, која би можела и животот да му го земе.\nКако „вице кралот“ така и принц Кирил, наречен „Кики“ се помачи да го излаже судот. Тој изјави дека неговиот брат цар Борис е жртва на гасова маска што му ја поставија Хитлеровските агенти во авионот со кој брат му патуваше од Берлин за Бугарија.\nЖестоко се лажеа, меѓутоа, тие што го правеа цар Бориса болен, наивен и бескарактерен, или пак жртва на Хитлера кој го отрул со гасова маска.\nЦар Борис не беше ниту болен, ниту безволен, ниту пак беше отруен од Хитлера. Поарен Хитлеров агент на Балканот и во Бугарија од цар Бориса Германците не би нашле. Тој умре од непријатните воени доклади што му ги даваше неговиот дедо италијанскиот крал Емануил за положбата на Германците на источниот фронт и на другите воени фронтови каде Германците трпеа пораз по пораз. Цар Борис беше незаменлив итрец, подал, и лукав Германец. Тој мајсторски ги гаделичкаше чувствата на народот и мајсторски ја играеше својата улога на таен германски агент. Никаде и никогаш цар Борис не беше го осетил непријатното чувство на својот татко да биде исвирен и издудукан, како што често се случувало тоа со татко му Фердинанд. Татко му на неговото место не би побегнал од заседата при Араба Конак која беше поставена при необични политички услови.\nЦар Борис со успех го криеше својот волчи карактер пред простодушниот бугарски народ. Итриот Германец – бугарскиот цар Борис ги поткупуваше со места и со пари бескарактерните и славољубивите интелектуалци, а спрема чесните и непоткупливите прилагаше тешки казни. Цар Борис беше по природа и садист. Во време на сите крвави настани што се одиграа во режимите на неговото царување, тој не направи ниту еден гест за запирање на политичките убиства, како на тие што се вршеа масовно и поединечно во јуни и септември 1923 год., така и на тие што се извршија во време на атентатот во катедралата Св. Недела и во време на така наречените „Македонски меѓусобици во Бугарија“. Цар Борис беше тој што им ги одврза рацете на Тодор Александров и Александар Протогеров за нивниот крвав терор, створената терористичка организација се закорени со цената на жртвите, кои ние ги изнесовме поименично и по местата на раѓањето и по местата каде се извршени.\nЦар Борис се радуваше на одрезаната глава на премиера Александар Стамболиски донесена му во торба од главорезачот Величко Велјанов (чичото).\nЦар Борис вештачки милосливо го гледаше утепаниот по негова заповед Началникот на штабот на бугарската војска генерал Пеев и началникот на географскиот институт при Военото Министерство мајор Стојнов.\nЦар Борис многу пати се уплашувал, но ниеднаш не се отчајал. Политичките убиства се припишуваа дури и на самиот ѓавол, но никако не и на цар Борис. „Царот е човек со неприкосновен авторитет“ зборуваа по разните собранија партијните оратори. И за одбележување е што цар Бориса не го напаѓаа на собранијата дури и ораторите од БРП (к), доколку тие искористуваа легално да зборуваат на јавни собранија што ги организираше нивната партија. Најдобри негови заштитници беа по негова желба и заповед избраните „народни пратеници“, но не беа полоши негови заштитници и дресираните весникари кои не допуштаа да се каже лош збор за него. Целиот бугарски народ е виновен за политичките убиства. И партиите што излегуваа од средината на народот се виновни за тие крвави политички убиства.\nТаква беше линијата на целиот жолт и буржоаски партиски печат.\nВо надворешната политика царот лавираше итро и се што вршеше го вршеше со цел да го доведе народот до крајната граница на напрегнатоста и опиеноста, за да може полесно да ја искористи неговата крв во корист на Германците.\nНа неговото умеење да ја раководи внатрешната политика да ги ослабува и отстранува слабокарактерните јавни работници и политичари, се должи и неизменетиот курс на надворешната политика на Бугарија, која во сите случаи и во секое време си остануваше германска колонија. Немаше случај Бугарија да не влезеше во војна на страната на Германците и во нивна корист. Таа политика се криеше вешто зад паролата „Обединување на бугарското племе“. Паролата против лажната историографија на Бугарија ги држеше во незапознатост и заблуда скоро сите партиски групировки вклучително и некои од раководителите на БРП (к) како Љубен Дукмеџиев, кој на една годишница од родениот ден на царскиот син Симеон, земајќи го детето в раце беше ги изрекол следните глупости: „''Во лицето на ова дете го гледаме идниот обединител на бугарското племе''“.\nПо линијата на таа политика – „Обединувањето на бугарското племе“, кое на дело значи водење една завојувачка политика спрема Македонија, беа пропаднати морално и политички бугарските политички партии без изкључок. И под таа парола Фердинанд ги беше обединил не само буржоаските партии, туку како што веќе забележивме и партијата на тесните социјалисти, која преку својот политички секретар Георги Кирков, учесник во анкетната комисија по повод делата на кабинетите на Гешев-Данев беше го оправдала и водењето на војните од 1912 и 1913 г. кои биле предизвикани божем од желбите на народот за разрешувањето на една национална задача. (Види го престапниот заклучок на „Анкетната парламентарна комисија“. Стр. 1176 каде што се искажува мислата: „''Никогаш владата и народот не биле така еднодушни, така обединети за разрешувањето на една национална задача за која сите имаа наполно определено становиште''“).\nПо линијата на таа политика Фердинанд ги зајакна позициите на својот личен режим и ги водеше престапните војни во 1912-1913 и 1915 год. за да му поможе на германското влијание и навлегување на Балканот.\nПо линијата на истата политика и Цар Борис зајакна еден специфичен фирерски парламент, полн со послушни и безволни пред него креатури кои свикнаа да го фалат хитлеровото дело.\nТоа беше констатацијата за Цар Борис на 9 септември 1944 год. Во тоа време Бугарија вриеше од шпиуни и туѓи агенти. Бугарскиот народ стоеше во тоа време пред прагот на една револуција на чие чело беа готови да застанат комунистите и сите верни синови на народот, кои ги пројавуваа своите разбирања и готовност да се жртвуваат за неговите права и слобода. Но, развитокот на бугарската национална револуција беше спречен од самите раководители на Б.Р.П. (к), кои беа со сервилен менталитет и со големобугарско гледање на македонското прашање. Тие не го сметаа за сериозно престапништво доаѓањето на германските војски во Бугарија, бидејќи бугарската окупација на Македонија со германска помош ја сметаа за правилна. Во историјата на новите револуционерни борби на Балканот има факти што зборуваат дека раководителите на Б.Р.П. (к) не биле противни на политиката од цар Ботиса и од владата на Богдан Филов да се завлада Македонија по политичката линија на Германците и со нивна помош, и агитирале македонскиот народ во Н.Р. Македонија да им го предава своето скриено оружје на Германците – Македонија ја сметале за бугарска. (Види го извештајот на министерот претседател на Н.Р.М. Лазар Колишевски на конгресот на К.П.М. 1949 год.) Ете зашто раководителите на Б.Р.П. (к) дури и не мислеа сериозно да ги обвинат луѓето од власта на Богдан Филов, а и самите обвинети, надевајќи се на тоа и по други причини допуштија да бидат уапсени и судени, тргнувајќи од убедувањето дека тие отишле со Германците за да ги реализираат бугарските идеали – политика што ја спроведуваа, како што видовме, и некои од раководителите на Б.Р.П. (к). Затоа и тие раководители на Б.Р.П. (к), тргнувајќи од едно такви идентично разбирање на македонското прашање со луѓето на Богдан Филов, немаа желба, дури и му пречеа на одот на принудното развивање на бугарската национална револуција, која би се развила во едно фактично чистење на реакционерните елементи во денот на 9 септември 1944 год. кога власта премина во рацете на Отечествениот фронт. Тие раководители беа ја проиграле својата лична доверба како револуционери меѓу бугарските работни маси и во периодот до преминувањето власта во рацете на Отечествениот фронт, и на ден 9 септември 1944 год. и по таа дата. Со своите колебливи постапки тие правеа впечаток какода се наемници за запазување животот на сите конзервативци и профашистички елементи. Во „Сопротивата“ од Орлин Василев, кој беше напишал со знаењето, помошта и по наредба од Ц.К, на Б.Р.П. (к), (респективно Дирекцијата на милицијата), на стр. 666 какви усилби правело раководството на Б.Р.П. (к) за да ги привлече шефоците на буржоаските партии Мушанов, Гичев, Муравиев, Гиргинов и др. во редовите на Отечествениот фронт. Но во „Сопротивата“ не се гледа какви биле усилбите на тие раководители за да ги привлечат масите во борба за истерувањето на германците надвор од границата на Бугарија и за прочистување на профашистички елементи. Напротив, кога Црвената војска дојде во Бугарија, кога германските војски се влечеа низ Бугарија, во денот на 9 септември и малку подоцна од 9 септември 1944 год. и кога масите беа расположени да се расправат со сите Хитлерови агенти и профашистички елементи, раководителите на Б.Р.П (к) беа тие што го угаснаа огнот на „саморасправата“ заради што и признателниот фашист Отечествено фронтовскиот министер претседател на Бугарија Кимон Георгиев кои до недамна беше го колел бугарскиот работен народ од селата и градовите, напиша во весник „Народен суд“ бр. 1 една статија под наслов „Смислата и целта на народниот суд“ и ја призна заслугата дека е направено да се избегне „саморасправата“.\nИако после се устрои „Народен Суд“ и се измени формата на саморасправата за се овозможи многумина да се спасат, поттик за тоа дојде пак од долу од народните маси, кое нешто и самиот министер на правосудието Минчо Нејчев го признава, говорејќи дека тоа станало поради величествените митинзи и желбата на народот да се осудат и справедливо и без поштеда се казнат виновниците за последната и најтешката национална катастрофа на Бугарија во навечерието на 9 септември 1944 год. кога Отечествениот фронт ја зеде власта со помошта на Црвената армија. (статија од Д-р Минчо Нејчев печатена во в. „Народен суд“ од 13-XII-1944 год.)\nНо и покрај неправилно поставената политичка и револуционерна линија на раководството на некои од раководителите на БРП (к), кои во навечерието на 9 септември 1944 год. беа составиле задгранично раководство на БРП (к), и кои по линијата на организацијата беа влегле во контак со лидерите на буржоаските политички партии преку свои агенти во Софија како М. Нејчев и др. кое значеше комунистичко-буржоаско-фашистичко сотрудништво на дело, бугарските работни маси од селата и градовите не останаа заспани. Тие ја презреа таа капитулантска и контрареволуционерна внатрешна политика што ја водеа претставителите на БРП (к) кои се наоѓаа надвор од границите на Бугарија, на далечно растојание и на безопасно место и примајќи ги директивите на месните раководители на БРП (к) ја осудија таа контрареволуционерна појава на задграничните, и во скоро време по денот на 9 септември побараа формирање на Народен суд за да се казнат профашистите и сите приврзеници на цар Борисовата политика, кои ја вовлекуваа Бугарија во војна против Русија и нејзините сојузници а во корист на Германија. Но од каде задграничното биро црпеше кураж за негативната дејност што го запираше револуционерното движење на бугарското работништво од селата и градовите?!\nКој, и зошто ја даде паролата да се формира такво задгранично биро, кое да ја запира, дури да ја откажува дејноста и прерогативите на вистинското раководство на БРП (к) кое се наоѓаше внатре во Бугарија и среде бугарскиот народ? Очигледно, тоа биро им беше потребно на органите на Е.Н.К.А.В.Д. кои има задкулисни соображенија по однос на бугарската народна демократска револуција и на дело ги попречуваа нејзиното разрастување. Бугарските маси, меѓутоа, под идејниот уплив на месните внатрешни партиски раководители поставија праведно барање да се устрои народен суд и судењето и осудувањето на профашистичките елементи, владата на Отечествениот фронт ги зеде под внимание главно од соображенијата, кој Министерот претседател Кимон Георгиев не ги крие, односно да се избегне саморасправата. А баш „саморасправата“, таа беше страшна и требаше да се избегне. И се избегна кога се гормира народен суд пред кој беа изведени да одговараат регентите Филов, Принц Кирил и Михов и народните пратеници од 25-то редовно народно собрание, како и џандармериските и војните администратори, офицери и одделни лица кои извршиле политички престапи спрема вооружените борци против фашизмот, спрема борците за заштита на демократијата и слободата на бугарскиот народ.\nЗа тоа судење се образува Прв и Втор врховен состав на народниот суд, во кој влегуваа претседателот Богдан Шулев, Рада Тодорова, Јордан Шумков, Давид Николов, Стефан Манов (бившиот водач на Троцкистите во Бугарија, б. н.) и Вера Начева.\nВо Вториот врховен состав влегуваа претседателот Стојан Кириџиев, и членови Кирил Григоров, Васил поп Христов и Илија Бенчев.\nИсто така се образува суд за процесот против реакционерниот печат со претседателот поетот Димитар Полјанов.\nСудот ја започна својата работа и на основа извршените престапни дела ги осуди на смрт регентскиот совет, министрите и некои од џандармериските офицери, некои од пратениците ги осуди на доживотен затвор, другите помалку виновни ги ослободија. Пред тоа, осудените членови на регентскиот совет беа одведени произволно во Москва.\nОдделно од официјално осудените, беше прочистена целата политичка полиција која се состоеше од избор криминални типови за кои прогресивното граѓанство најде за нужно да не се изведуваат по обичаениот ред на народен суд. Бугарската јавност беше потресена од различни призори на ужас што изнесуваа разните снимки на истепани и осакатени партизани и нелегални и легални антифашистички дејци, на изгорени куќи од јатаци на чети, и снимки на човечки глави набодени на колови, и на искривени и обезобразени тела и вилици, исечени гради на партизанки и одделни жени јатаци најдени и фатени кога се криеле од свирепиот фашистички терор. И сите тие призори на ужас граѓаните ги видоа на изложбата на антифашистичкото движење во Бугарија.\nФатените криминални типови, авторите на тие ѕверства, природно не можеа да бидат изведени пред суд во јавна сала, оти од тоа би се згнасила целата бугарска јавност. Возбудата на граѓаните беше така неиздржлива, што дури не се ни помислуваше да бидат изведени на суд тие садистички типови туку требаше молкома да бидат исчистени од лицето на земјата, што и стана. Тие садистички типови во текот на антифашистичката борба неограничени ги беа заситувале своите садистички склоности потстрекнувани од горе со цел да се запре општествениот политички и револуционерно-демократскиот развиток и да се предодврати разгромот на немцизмот и на буржоаскиот строј во Бугарија и на Балканот.\nСвоевремено по 9 септември 1944 год. државата никако не беше спокојна. Две идеологии на два различна света водеа борба. Во Бугарија приврзениците на англоамериканскиот систем минаа во конспирација.\nТоа предизвика некои остри искази на Министерот претседател Кимон Георгиев, на Министерот на надворешните работи Петко Стајнов и на Министерот на внатрешните работи Антон Југов дека владата на Отечествениот фронт се бори за изградување на една слободна и независна Бугарија и дека за воведувањето на комунистичкиот строј не може ни збор да станува. Но тие изјави никако не ги успокојуваа приврзениците на англоамериканскиот систем. Во партиските кругови на БРП(к) се ширеше новината дека Ѓ. Димитров ги започнал своите обикновени разговори и тајни состаноци со луѓе од ѕвенарските војни кругови докажани конспиратори и тајни приврзеници на политиката на Лондон.\nПо наредба на ЦК на БРП (к) започна вооружување на партиската маса, партијата раздаваше оружје. Шефовите на партиите што учествуваа во Владата на Отечествениот фронт почнаа да им поставаат прашања на раководителите на БРП (к): Зошто вие почнувате да се наоружавате по цивилна линија и против кого се наоружавате? По примерот на комунистите почнаа да се наоружаваат и земјоделците водени од Д-р Г. М. Димитров. Покрај наоружаните комунистички групи се создадоа и пладнарски наоружани групи. Започна изострувањето на односите меѓу комунистички групи се создадоа и пладнарски наоружани групи. Започна изострувањето на односите меѓу комунистите и пладнарите. Зад пладнарите тајно стоеја звенарите и широките социјалисти. Одделно од пладнарските наоружани групи, по звенарската линија се создаваа војни конспиративни групи. Милицијата што ја водеше Антон Југов ја откри конспирацијата „неутрален офицер“ и една друга наречена „Цар Крум“. Многумина офицери од тие конспирации беа тајно исфатени. Против пладнарите во селата почна поход и гонење и на некои пладнари им беа смачкани главите. Пладнарот Иван Минков демонстрираше низ Софија одејќи со удрена глава изврзана со завои. А некои други пладнари и опозиционери беа апсени за разни поводи и тепани. Своевремено се дојде до прочуеното бугарско четврто решение на Министерскиот совет. Во тоа решение звенарите спроведоа една своја интимна желба и решение да се ослободат сите бивши офицери од армијата од секаква одговорност за извршени дела против антифашистите во Бугарија, ако извршителите на тие дела доброволно се постават на располагање на армијата и ако веднаш заминат на фронт и покажат храброст во Татковинската војна. Со тоа звенарите имаа за цел да спасат многу офицери пројавени против антифашистичките борци, а кои офицери после да бидат исползувани во еден заговор за отсранување на комунистите од раководството на Отечествениот фронт. Со тоа четврто решение на министерскиот совет се забрануваше поедини Министерства да земаат иницијативи и никоја од партиите што го сочинуваа раководството на Отечествениот фронт не треба да се стреми кон хегемонија во управувањето. Со тоа решение се биеја позициите на БРП(к), која свиреше прва виолина во управувањето на О.Ф.\nЦелата таа натегната атмосфера зад завесата на владата на Отечествениот фронт доби јавен израз во извештајот на Трајчо Костов на конгресот на О.Ф. во 1945 година кој се офржа на игралиштето „Јунак“. Тој таму меѓу другото ги рече и следните зборови: „Другари граѓани, сакате ли мир или граѓанска војна?! Изберете си што вие поубаво. Или ако сакате мир управувајте се според директивите на О.Ф.\nСо тие искази направени јавно на големиот општ конгрес на отечествениот фронт, секретарот на БРП (к) Трајчо Костов им фрли нараквица на своите контраагенти во владата на звенарите, земјоделците, широките социјалисти и на целата останата опозиција што стоеше надвор од редовите на О.Ф. Тие искази на Трајчо Костов беа резултат на длабоки и широки разузнавања што ги изврши неговиот другар Антон Југов за идеолошкото и политичкото настроение на сите буржоаски и полубуржоаски општествени формации против БРП (к) готови со еден замав да ги отстранат комунистите од владата на О.Ф. Исказите на Трајчо Костов имаа значење психолошки да се подготви масата за еден приготвуван контра удар против оние што се готват за удар. Плановите за тоа беа изготвени и милицијата на чело со Антон Југов стоеше на нога. Командантот на Софија, Веселин Георгиев ја изведе целата наоружана пешадиска и моторизирана милиција со нејзините тенковски единици на улиците на Софија да дефилира. На прашањето што го поставија звенарите зошто е милицијата крената на нога и зошто таа маршира низ софиските улици и против кого маршира, од Командантството се одговори „прогулка“ (војно обучение). Но звенарите разбираа воен јазик. Тие разбираа што значи во немирни времиња да се врши „прогулка“ и тоа обиколувајќи ги софиските улици.\nЈугов ги знаеше заговорниците и тој ги исфати.\nВо Пиринска Македонија стана провала на Михајловистичката конспирација. Подоцна се разбра дека на поле на таа конспирација стоел полковникот Гологанов родум од Банско, кој на 9 септември се беше сокрил. Милицијата уште во м. јануари 1945 г. имаше сведенија дека во Пиринска Македонија постои Михајловистичка конспирација. Една нелегална чета беше откриена и разбиена. Некои останати четници што преминале низ Ѓуешево ги прогонуваше во Н.Р. Македонија месната македонска милиција. Милиционерскиот инспектор Георги Димитров (Ѓошо) беше командирован во Н. Р. Македонија да се научи за судбината на преминатите разбиени четници. Подоцна по Пиринска Македонија се откри нова конспирација во која беа фатени и затворени во Св. Врач повеќе од четириесет души, луѓе на Иван Михајлов, меѓу кои беше и познатиот царски агент Михаил Думбалаков. Михајловистите имаа за цел со помошта на своите некогашни политички непријатели на бугарски терен – Дамјанволчевците, да ја соборат владата на Отечествениот фронт. Меѓутоа, добро обавестениот Антон Југов им ги расипа сите планови и сметки. Во кратко време Југов ги узна сите махинации и на заговорниците во Бугарија против комунистите и владата на О. Ф.; Југов ги знаеше состаноците, разговорите на одделните групи, искажувањата на поедини лица, намеренијата и плановите за дејство. Упорит во изнаоѓањето и гонењето подоцна тој можеше да го открие и целиот Ц. К. на михајловистите и сите михајловисти што беа замешани во заговорот, кои беа уапсени и одведени во Плевенскиот затвор, каде што беа отстранети како луѓе безнадејно загубени за демократскиот поредок. За овој свој успех бугарската полиција му должи на „михајловистот“ Славе Наумов, побугарен цинцар од Битола, кој им ги беше предложил своите услуги и се вовлекол во нивните редови преставувајќи имсе на Жоро Настев, Куртев и Дрангов како нивни човек каков што беше до 9 септември 1944 год. Овој Славе Наумов е истиот што ја играеше провокаторската улога по време на медениот месец на „вечното пријателство“ меѓу цар Борис и крал Александар.Тој со знаењето на бугарската полиција поставуваше во вагоните со стоки минувашти низ Југославија пеколни машини, а бугарската полиција како да узнаваше и јавуваше на југословенската. – Политичка комедија!\nПак по линија на будност во Неврокоп беа откриени 12 души наоружани младинци. Врбувани од михајловистите како месна чета. Опколените се предадоа без противење и во 1946 год. беа судени.\nСвоевремено на Д-р Г. М. Димитров му се влоши положбата. Тој беше обвинет дека го запирал успешното завршување на Татковинската војна, дека ги подбуцнувал војниците да откажуваат да се бијат. Дури траеше војната, кога една 100.000 бугарска армија се биеше не толку за да го помогне истерувањето на Германците од Балканот, бидејќи други ги тераа и истераа туку за да ја измие извалканата чест на бугарскиот народ, што беше вовлечен во водите на фашизмот и за да се добијат некои отстапки при распределувањето на репарациите од војната, ете баш тогаш во тој сублимен момент, Д-р Г. М. Димитров наредуваше да се отпечатат летки со пароли: „каде не водите“, „за кого се биеме“ „Германците бегаат, зошто не мобилизирате“, „сакаме мир, леб и слобода“ и др.\nТие пароли и неговите конспиративни состаноци ја влошија неговата политичка положба како легален деец и милицијата го постави под наблудение, се дури најпосле не го постави во домашен притвор. Димитров, меѓутоа, ја надлага полицијата и втор пат и’ побегна од рацете, откога еднаш беше и’ побегнал во 1941 г. кога пак се беше послужил со итрост.\nПо бегството на Д-р Г. М. Димитров неговиот заменик за главен секретар на Б. Н. З. Сојуз остана Никола Петков. Во својата политика спрема хегемонијата на комунистите во раководството на О. Ф. тој се покажа уште поупорит отколку што беше Д-р Г. М. Димитров. Никола Петков ја обедини внатре во Парламентот и надвор од Парламентот целата опозиција на О. Ф. и создаде буржоаски внатрешен идеолошки фронт што го потпираа надворешните сили против силата и влијанието на Советскиот Сојуз. На тој начин во бугарскиот Парламент и во државата очигледно се оцртаа две идеологии и две маси настроени една против друга, едните што беа на страната на Советскиот Сојуз, а другите на страната на англоамериканците. Покрај тоа, милицијата на Антон Југов забележи некои состанци на Никола Петков со сомнителни активни офицери од армијата, приврзеници на Дамјан Велчев. Самиот Дамјан Велчев во тоа време беше симнат од положајот министер на војската и испратен за „полномоштен министер“ во Берн. Звенарите, иако привидно се наоѓаа во управлението, беа строго пазени и звенарот Васил Јуруков, кој беше редактор на в. „Изгрев“ беше заподозрен и испратен во иностранство за полномоштен министер“. Со Никола Петков, меѓутоа, не можеше да се постапува како што се постапи со Дамјан Велчев и Васил Јуруков. Никола Петков беше истакнат селски водач и не замешан во истапите спрема комунистите и антифашистичките дејци. Напротив, тој беше еден од водачите и столбовите на Народниот фронт и беше сакан сотрудник во една влада составена од работници и селани. Сите буржоаски влади и водачи на партии беа компромитирани пред народот и никој не можеше да излезе да се прокламира за водач на каква било опозиција на Отечествениот фронт. Тоа можеше да го стори само Никола Петков како честен антифашист. Тој го стори тоа и сериозно ги застраши внатрешните и надворешните позиции на О. Ф. што беше на власт. Затоа на него се обрна сериозно внимание, и за неговото враќање во раководството на О. Ф. од каде наскоро беше излегол, се побара содејство на Кремљ. Раководителите на Кремљ хегемонистички погледнаа на поведението на Никола Петков и го испратија Вишински не за да го наговара, туку да му заповеда веднаш да влезе во составот на владата на О. Ф. Кога Вишински дојде со аероплан во Софија, веднаш им заповеда на Никола Петков и Коста Лулчев да се јават кај него во два сатот на полниќ. Лулчев се уплаши и се јави кај Вишински, но Никола Петков тврдо му одговори на советскиот господар дека тој неводи тајна политика и нема нужда да се јавува во два саат на полноќ и дека тој, Вишински ако сака може да го повика на редовен состанок дење кога сака и каде сака. Раздразнет од отказот на Никола Петков да се сретне во определен час, Вишински му ја реши судбината.\nОд Кремљ заповедаа со брутална сила да се уништи опозицијата на О. Ф., а Никола Петков да се затвори и осуди на смрт. По неуспехот на Вишински да го уплаши и натера Никола Петков да се врати во раководстворо на О.Ф.и по добиените решенија за уништувањето на опозицијата на О. Ф., во бугарскиот Парламент се изрекоа груби зборови по адрес на Никола Петков, дека тој скоро ќе беде испратен во задгробниот мир на небото при св. Петар. Застрашувањата се остварија. За смртта на Петков беше монтиран процес за измислени состаноци со генералите Станчев, Иванов др. и повикан на одговорност, обвинет за обид за насилно урнување владата на О. Ф. Со затворањето на Никола Петков беа истерани опозиционерните пратеници. Опозицијата беше истерана од бугарскиот Парламент. Тогаш беа исфатени и затворени сите водачи на буржоаските партии, Мушанов, Гиргинов, Гичев, Коев и др. од кои Крстју Пастухот, широкиот социјалист, умре во затворот.\nЗа ослободувањето на Никола Петков се заангажираа англискиот и американскиот ополномоштен министер во Софија, кои се јавија на министерот претседателот Георги Димитров и побараа веднаш да го ослободат. Најсточивото барање на англискиот и американскиот консул за ослободуувањето на Никола Петков имаше за резултат најстојчиво барање советските луѓе во Софија за неговото обесување. Без замешувањето на англоамериканските ополномоштени министри, меѓутоа, Никола Петков не ќе беше обесен. Тој стана жртва на тоа брутално мешање во внатрешниот политички живот во Бугарија од страна на Англоамериканците и Русите. Самиот Никола Петков како личност, се покажа достоен и тврд на висината на својот избор – водач на опозицијата против хегемонијата и влијанието на Кремљ во бугарскиот парламент. И ако тој беше водач на буржоаската опозиција на О. Ф., неговото храбро држање, меѓутоа, треба да се потцрта. На 16 ноември 1947 год, Никола Петков со хладнокрвност и тврдост ја прими пресудата изготвена за него по наредба на Кремљ, и увисна на бесилката во Софискиот централен затвор. По неговата смрт, тие што го обесија, саопштија за некакво самопризнание на Никола Петков дека тој беше разговарал со воени лица за насилно оборување од власт владата на О. Ф. и за некое покајување што тој писмено го направил во предвечерието на неговото обесување. Меѓутоа тоа беше шантаж.\nНикола Петков е вториот Ст. Станболов кој ја брани независноста на Бугарија од угнетувачите – Руси.\nАнглоамериканците во Никола Петков гледаа свој претставител во Бугарија, затоа го издигнаа како маченик од меѓународен размер, кому радиопредавателите од Лондон и Вашинтонг секоја година му посветуваат страници од животот и дејноста на Никола Петков и го окарактеризуваат како ненадминат храбрец достоен за пример.\nИ така, луѓето на Кремљ преку своите марионети го обесија Никола Петков и ја уапсија целата буржоаска опозиција. Но тие немаше да го обесат ако тој пристанеше да влезе во владата на О.Ф., за кое и беше поканет од Вишински. Од Кремљ се држеше сметка за политичка исправност по линија на русофилство. Дури од една страна Советскиот Сојуз позволуваше да се истепаат обични луѓе, луѓе со определено русофилство, приврзениците на старото русофилство ги бранеше и не даваше да падне ниту едно влакно од главите им. Со ништо не може да се оправда истепувањето на журналисти од дребен калибар од разните редакции на буржоаските весници и списанија тогаш, кога тие не дозволија да се пипнат оние луѓе кои го претставуваа мозокот на бугарскиот буржоаски печат како Стефан Танев, Атанас Дамјанов, народњакот министер Буров и редакциското раководство на в. „Мир“, како и на редакторите, сотрудниците на разните буржоаски весници Зарја, Утро, Дневник, Зора и др., со исклучок на Данаил Крапчев, кој беше ликвидиран за да не се отвори фронт на големобугаризмот и по чија линија денеска управува В’лко Червенков. И навистина, тие не убија прононсирани журналисти фашисти како тие од весниците Днес и Вечер, кои сееја профашистички отров. Не дозволија да се истепаат и многу царски генерали и виши чиновници од дворот. На слобода ги оставија и началниците на канцеларијата на дворот и началниците на административните и воени служби, како дворските полковници Васков и Илиев. Самиот народ, ако му беше дадена можност, ќе ги исчистеше сите луѓе од царскиот двор на цар Борис, од омраза кон неговата господарствено – тиранска личност.\nСо обесувањето на Никола Петков не се пополни пукнатината што се оцрта во бугарскиот политички живот од мешањето на руските владини агенти од една страна и на англоамериканските агенти од друга страна. Во Бугарија имаше луѓе што не се опијанија од вештачки подигнатиот Сталински лозунг „Двоен ослободител“, ниту од лозунгот „Големиот заштитник“. Во обидот за мешање во внатрешниот политички живот на Бугарија, многумина видоа ново руско настојништво против кое некогаш беше извикнал стариот бугарски државник Цанков: „Не ви го сакаме ниту осилото, ниту медот“.\nОтстранувањето на Никола Петков беше само едно заплашување на опозицијата, која беше против нечовешкото руско заповедничко мешање во бугарскиот политички и стопански живот и истовремено прикривање на омразата што растеше кај бугарскиот народ против „Двојниот ослободител“ и „Големиот заштитник“. Таа омраза се појави најнапред кај некои од раководителите на БРП(к), кои си беа поставиле цел да ја социјализираат Бугарија и да се израмнат со резултатите достигнати во нејзината соседна држава ФНР Југославија.\nСтремежот на Отечествено-фронтовската влада да го втаса постигнатото во ФНРЈ, исказите на Георги Димитров: дека бугарските комунисти има да се учат од југословенските и дека допрва ќе ја втасаат Југославија и нејзините успеси во социјализацијата, како и политиката на НР Бугарија што ја водеше Георги Димитров за влегувањето на НР Бугарија во ФНР Југославија, го озлоби Кремљ, од каде почна заверата против политиката на ФНРЈ.\nЗа да се запре една таква политика каква што ја водеше Георги Димитров, Кремљ направи се што беше можно и како резултат на тоа пропаднаа познатите Бледски и Евксиноградски споразуми. Во Кремљ се плашеа од една федерација на Јужните Словени. Руската надворешна политика открај време си останува како непријател на една силна Југославија. Во 1876 г. Русија беше потпишала и договор со Австроунгарската монархија да не се допушти создавање на силна Југославија. Водачот на современата Русија, Сталин докажа со игрите за имформбирото дека со ништо не ги изневерил принципите на руските цареви на Балканот. Руските цареви вклучувајќи го и Сталина, се плашат од една Југословенска федерација, оти таа автоматски би се претворила во Балканска, и раширувајќи својата сила би дала можност Македонија да го добие своето место на обединител во една Балканска федерација. Кремљ можеше да ги чуе изјавите на Георги Димитров за една таква федерација и се зафати со растурувањето на стремежите на Јужните Словени за создавање политичко единство во тој дух. И за да ги разделат Јужните Словени, управниците од Кремљ ја побараа опозицијата во Бугарија, од како ја беа побарале во Југославија но не беа ја нашле во лицето на целиот југословенски народ. Барајќи ја опозицијата во Бугарија, тие ја најдоа во стопанските дејци на чие чело стоеше секретарот на БРП(к) и заменик на Министерот претседател на Бугарија Георги Димитров, Трајчо Костов, кого го обвинија дека им давал лажни стопански планови и сведенија на руските трговски агенти и војни власти кои се наоѓаа во Бугарија од доаѓањето на Црвената армија и останаа да се наоѓаат и до денеска. Руските емисари се настанија и ги спроведоа своите производни односи на штета на бугарските производители. На прв поглед Бугарија немаше никакви нарочни репарациони задолженија спрема Советскиот сојуз, но во пракса нејзините стоки беа испраќани за пристаништата на Советска Русија и немаштините што му тежеа на бугарскиот народ партиските агитатори му ги објаснуваа со сушава. Прочуената „суша“ многу време продолжи во Н. Р. Бугарија. Маснотиите исчезнаа од пазарот и народот ги разбра причините за тие лишенија. Кремљ го разбра незадоволството на бугарскиот народ и ја побара опозицијата. Но тука во тој однос опозиција беше целиот бугарски народ. Тогаш Кремл својот јад го истури на главата на некои од раководителите на Б. Р. П. (к) на чело со Трајчо Костов, кој беше и председател на стопанска Бугарија обвинувајќи го за шпионажа и изготвување двојни стопански планови и сметководство со цел да се излажат комесарите од Кремљ за вистинската економска состојба во Бугарија. При таа положба, се отпочна со измислени обвиненија за измислени заговори за убивањето на Георги Димитров, за насилно соединување на Бугарија кон Ф. Н. Р. Југославија и др. За главен организатор на сите тие обвиненија беше посочен заменик претседателот на Н. Р. Бугарија Трајчо Костов. Тој беше затворен во софискиот централен затвор и против него беше изготвен еден цикрус-процес. Овој процес се објави со многу шум и шумно се разгледа со единствената политичка цел да се заташка внатрешната стопанска, економска и политичка положба на Бугарија, од моментот на настанувањето на Сталиновата петта колона, до доаѓањето на власт на В’лко Червенков и отстранувањето на Трајчо Костов од раководството, кој беше осуден на смрт и обесен. Оти овој Трајчо Костов се јави како опозиција на V-та колона на Кремљ и овозможен да разликува сите видови Сталинови агенти, а ако и тој беше еден друг вид Сталинов агент, уловен на јадица од Сталина по македонското прашање.\nУште со апсењето на Трајчо Костов во Бугарија започна курс на гонење на сите оние што не беа задоволни од мешањето на емисарите од Кремљ во внатрешниот економски живот на државата. Гонењето беше управено воглавно против економските партијци комунисти. Уапсен беше Петко Кунин (љубимиот другар на Георги Димитров) – Министер на финансиите, и еден по еден сите економисти и стопански раководители. Петко Кунин, меѓу другите грешки од стопански карактер – беше се огрешил и со тоа дека покажал смелост да отфрли сметка на една баснословна сума која Советската влада беше и’ испратила на бугарската преку својата легација во Софија за плаќање трошковите на бугарските политемигранти во Москва. Кунин го отфрли барањето да се исплати преставената расписка, но на другиот ден по отказот во 4 часот рано утринта му беше направен претрес и беше уапсен и испратен во централниот затвор.\nВо процесот против Трајчо Костов беше замешано и името на министерот на внатрешните работи Антон Југов, кој беше сменет од положајот министер на внатрешните работи и на еден партиски состанок беше јавно обвинет од В’лко Червенков, дека тој, Антон Југов е крив затоа што не пројавил доволно будност спрема негативните пројави на Трајчо Костов во неговите односи спрема емисарите за „Двојниот ослободите“ и „Големиот заштитник“.\nУште со организирањето на процесот против Трајчо Костов во редовите на Б. Р. П (к) започна масовно чистење. Многу партијци поединечно и групно, а и цели раководства на месни партиски организации беа засегнати. Сите тие исклучувања на партијци се оправдуваа со обвинението дека биле едномисленици на Тито. Идеите за Југословенската федерација, по наредба од Кремљ до неговите емигранти Влкочервенковците, Василколаровците и Поптомовците беа инкриминирани и нивните носители беа обвинети како агенти на англоамериканскиот империјализам. Кремљ ги осумничи и замрази сите носители на идејата за зближување на балканските народи и за балканската федерација. Кремл ги осумничи и намрази и Георги Димитров за неудобни искази по прашањето на федерацијата на балканските народи. Кремл се постави решително против социјализацијата, демократизацијата и независноста на земјите со народна демократија и за да се уплашат народите на тие земји, организира и спроведе редица „шпионски“ процеси како во Албанија против Кочо Дзозде, во Унгарија против секретарот на Унгарската комунистичка партија и министерот на внатрешните работи Ласло Рајх, против Трајчо Костов во Бугарија, прогонувањето на Гомулка во Полска и на други лица во Чехословачка и т. н.\nПо заповед на Кремљ беа исфрлени од редовите на Б. Р. П. (к) 100.000 души партијци, многу други беа отпуштени од армијата, многу партијци и непартијци беа уапсени и денеска лежат во затворите, многу беа интернирани поединечно и со целите фамилии за да се засити бесот на управниците на Кремл, кои преку слични драконски мерки ја затврдуваат својата руска хегемонистичка стара царска колонијална политика во Бугарија и на Балканот. Но за спроведувањето на таа Сталинова руска царска политика ние ќе имаме можност да се искажеме на друго место, а именно во книгата „БРП (к) пред судот на историјата“.\nДенеска, меѓутоа, малку се луѓето кои веруваат дека осудените во процесот против Трајчо Костов вршеле заговор во Титова корист. Во Бугарија навистина постоеше заговор, но не во Титова корист, туку против Тито, против желбата на бугарскиот народ да влезе во федерацијата на Јужните Словени, организирана од Тито. При тоа сам Трајчо Костев смело одрече пред судот сите клеветнички обвиненија и го принуди „судот“ да го прекина својот состанок и да се премести во друга сала на таен состанок каде „судот“ добил наредба да донесе решение за осудување на смрт по секоја цена неудобниот на Кремљ, Трајчо Костов.\nПроцесот против Трајчо Костов и неговото осудување на смрт, осудувањето на секретарот на Централниот комитет Никола Павлов (Комара) и членови на Централниот комитет Иван Масларов и други, гонењата апсењата и интернирањата, исклучувањата на партијци, - сите насилни мерки и обвиненија имаа за целда го уплашат бугарскиот народ за да биде мирен под хегемонијата, за да можат емисарите на Кремљ слободно да тарашкаат низ бугарските стопанства и слободно да ги испраќаат бугарските стоки на руските пазари. Покрај тоа, со тој процес и сите други драконски мерки што ги презеде главниот агент на Кремљ во Бугарија В’лко Червенков против Македонците во Бугарија, против македонскиот народ од Пиринска Македонија и против прогресивното граѓанство и партиски кадар, се сакаше да се постигне да се издигне трибуна на обвиненија против југословенската јавност за да се створи кај бугарскиот народ настроение и омраза против Југословените и се поткопаат темелите на југословенската држава, чии што раководители се виновни затоа, што тие единствени од земјите со народна демократија се спрротивставија на безконтролното господарење на емисарите од Кремљ во својата земја.\nЗаедно со апсењето и осудувањето на Трајчо Костов, покрај луѓето што беа замешани во процесот организиран против него, советските агенти во Бугарија ги уапсија и продолжуваат да си апсат и ќе продолжат да ги гонат, да ги обвинуваат и затвораат сите бранители на бугарската национална независност.\nВо тој правец оневозможени и отстранети од бугарската армија беа и генералите: Кинов, Панов, Болгаранов и други виши и нижи офицери. Отстранети беа и министри виши чиновници и апсени многу Бугари и Македонци што живеат во Бугарија кои имаа правилни марксистичко-ленинистички разбирања за македонското национално прашање и по односите на раководната политика од раководителите на Кремљ спрема Н. Р. Бугарија и земјите со народна демократија.\nСето тоа е резултат на мешањето на агентите од Кремљ во политичкиот живот на Н. Р. Бугарија.\nПерспективите за непосредни дејства на советските агенти во Бугарија што веќе се оцртуваат, ќе ни ги покажат новите форми на насилби и на нови политички убиства за иднина.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XX._%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BF%D0%BE_%D1%81%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8_1944_%D0%B3%D0%BE%D0%B4.", "word_count": 6963, "cyrillic": 1.0}
{"id": "10094", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел VIII. Засилување на реваншизмот и на народната борба против него", "text": "Девети јуни и септември 1923 година. Поединечни, групови и масовни политички убиства. Илинденците реагираат. Единствениот антиимперијалистички македонски и општо балкански револуционерен фронт. Мајскиот манифест. Зошто го убија Тодор Александров. Мислењето на Александар Цанков за Тодора Александров. Горно-џумајските клања. Атентатот во катедралата. Фактичкото вероломство.\nДевети јуни не е приватно дело на неколцина честољупци, членови на воената лига, како што сакаат некои заинтересирани луѓе да не уверуваат. Тоа е пред се резултат на една долга теориска и практична работа за свесно будење на реакционерни сили, кои што се беа соединиле во така наречениот Конституционен блок.\nРасположбата против режимот на Стамболиски и поттикнувањата на реваншизмот, видовме веќе, идеа од внатрешноста на самиот земјоделски сојуз и владеачките земјоделски кругови, меѓу кои предавниците беа свиле свое гнездо. На чело на предавниците стоеше самиот воен министер Томов.\nПод неговата заштита членовите на возобновената воена лига и оние од македонската општествена отајка се крстосуваа и взаимно дополнуваа, а како резултат на тоа се извршија напади и дрски политички убиства над оние дејци, кои одеа во чекор со народот и општествениот развиток.\nГлавниот иницијатор на мрачниот договор за кутнувањето на земјоделската влада сепак си останува цар Борис, поткрепен во тој поглед од реакционерните кругови. Но без сомнение во тоа одигра голема улога и Тодор Александров, кој што ги вршеше политичките убиства по повод и без повод, кршејќи ја по таков начин дисциплината и престижот на земјоделската власт. Со таа тој ги храбреше и поттикнуваше елементите на реваншизмот, а и сам зеде активно учетво во деветојунскиот преврат со своите организирани шпицкоманди. Александровата организација, спрема исказите на неговиот бивш сотрудник Славчо Иванов, од кого е и брошурата „Кој беше Тодор Александров“, беше определила двесте души четници на расположба на воената лига за време ќустендилските настани. За деветојунската акција Александров испрати кон одредот на капетанот Харлаков свои тројца поверливи главорези, односно Величко Велјаков (Чичото), Христо Симеонов од Стара Загора, бивш радовишки војвада преку 1911 година, и Андро Долгиот. Ете, тие тројца го мачеа Стамболиски во неговата вила, а по изведувањето од неа тие му ја исекоа и главата, која потоа во торба му ја однесоа на цар Бориса. За оваа работа подоцна пишуваше и органот на протогеровистите, кога реваншистичката ВМРО на Александров се расцепи на „михајловисти“ и „протогеровисти“. Та поради тоа напразно се пренесе глас дека Македонците го убиле министер претседателот на Бугарија, Александар Стамболиски, и затоа не без основа се создаде голема омраза против сѐ што е македонско во Бугарија.\nЗа создавањето нарочна психологија за еден вооружен преврат против владата на Стамболиски, за настанатиот преврат на 9 јуни и на неговото зацврснување работеа исто така и „социјалистите“ пастуховисти. Но мали услуги во тој поглед се направија и од некои од министрите, блиски луѓе на Стамболиски, поради неразбирање, не вклучувајќи ги тука Коста Томов и сомнивиот Коста Муравиев, оти овие систематски ги минираа добрите чувства на народот и со отровни расположби ги разделуваа селаните и работниците, раководени од БНЗС и од комунистичката партија (т.с.), та по таков начин им ги уриваа мостевите за заемна помошт.\nРаководствата на тие две организации страдаа од недостаток на политички усет. Раководството на бугарскиот народен земјоделски сојуз – поради самоувереност и опојка од победата на изборите, а раководството на тесните социјалисти – од догматизам. И сето тоа пречеше многу за да се види опасноста од настапувачката капиталистичка и фашистичка реакција, која бараше начини и возможности за организација на своите сили против СССР, како би го осигурила Балканот за свое владеење.\nЗемјоделската власт беше запозната со тајната работа на реакционерните кругови. Тоа се гледа и од изјавите на председателот на собранието – Неделко Атанасов, изречени пред работничката делегација, која се беше пријавила кај него на 2 април 1922 година по повод отпуштањето на извесен број чиновници.\n- Положбата на владата е прилично тешка. Велат дека сме ги увеличиле платите на стражарите за да се потпираме на нив. Таква илузија не би смееле да правиме.\nНе е тајна за вас дека судиите, иако им ги увеличивме платите, сепак не се со нас, туку против нас. А сепак платите не можеме да им ги намалиме, зашто тоа би значело да останеме без судии.\nНие никогаш не сме се надевале ниту на судиите ниту на стражарите, туку само на селото.\n- И преди три години го подигнавте селанецот против нас – беше се изразил еден работник.\n- Да, тогаш по подигнавме, зашто вие ја сакавте власта.\n- Со штрајкот во 1919 година ние не сакавме да ја земеме власта. Ние тогаш се боревме за подобрување на материјалната положба.\n- Тогаш уште полошо за нас, оти не сме ја бранеле буржоазијата и капиталите на бившите министри, на богаташите. И во тоа е наша грешка. Затоа селанецто се дигна и се управи против вас, но ќе се дигне ли и сега, ако го повикаме? Се сомневам. Селото не е доволно од нас. Како опозиција ветувавме, а сега не можеме да исполниме на пракса, видовме дека теоријата и праксата не се една и иста работа. Но до истата положба дојде и Вашиот Ленин, принуден да се откаже од многу работи, за кои порано сметаше дека се изводливи.\n- Зошто ги увеличивте споредните даноци, а не ги обложувате капиталите, ќе праша еден друг работник од делегацијата – кога споредните даноци им тежат повеќе на широките народни маси?\n- Противдејството од таа страна е помало. Го правиме по неволја. Се обидовме да ги обложиме банките. Нашите капиталисти се јавија веднаш при комисиите по репарации и од таму ни рекоа: - стојте, таму не пипајте, оти има туг’и капитали.\nПонатаму Неделко Атанасов изјави – вие, комунистите, треба да разберете едно – вие сите имате интерес ние да бидеме на власт, а не други. Па затоа и треба да не поткрепите. Мислите ли дека к’е ви биде поарно, ако на чело на управата бидат Тодор Тодоровци, Лјапчевци, Буровци? Познато ви е како постапува со комунистите белградската и букурешката буржоазија. Се надевате ли дека софиската буржоазија ќе биде повеликодушна спрема вас? Знајте добро дека Тодор Тодоровците би ги дигнале еден ден против нас врангелистите (белогардејците во Бугарија) и селанецот додека се опамети и се земе на себе си, ќе се разбудиме при еден преврат! Ние зимаме мерки, ќе ги обезоружаме и ќе ги направиме безопасни. (Види „Утро“ од 2 април 1922г.)\nВесникот одбележува дека на делегацијата и’ направила впечаток големата отвореност при разговор од цели два часа.\nВо месец мај истата година на едно окружно собрание во Пловдив земјоделскиот министер Обов зборуваше исто така отворено против подготовката за преврат од страна на буржоазијата, а со помошта на воената лига.\nНо и владата се покажа неспособна да се справи со положбата. Таа го позволи и суштествувањето на воената лига, а после смртта на Александар Димитров таа немаше цврста рака, која ќе може да го постави секого на своето место. Откако успеа да го убие тој човек, реакцијата се чувствуваше прилично доволна.\nПо грешка на владата во Бугарија, се настанија изгонетите необезоружени врангелисти, кои се бореа како контра-револуционери против болшевиците во Русија. Тие се споразумеа со крахистичките партии во Бугарија, па како такви и тие беа предвиден во приготвениот план за преврат против земјоделската власт.\nКомунистичката партија (т. с.) со знаење и содејствието на власта на 18 мај 1922 година одржа голем протестен митинг во Софија. На плоштадот пред св. Софија се издигнаа седум трибини преку кои се открија преговорите на буржоазијата со врангелистите. И на идниот ден власта почна со затворање и истраги. Но во тој поглед не се отиде далеку, па затоа виновните реваншисти ниту се открија, ниту казнија.\nПреку 1921 година како и во наредната 1922 меѓу комунистите (т. с.) и земјоделците постоеше еден вид непотпишан споразум, оти депутатите на комунистичката партија изгласаа во парламентот цела низа демократски закони, кои ги предложи земјоделската влада. Комунистите и земјоделците и на референдумот на 19 ноември 1922 година излегоа заедно, со кого ги осудија виновниците за катастрофите на Бугарија од Првата светска војна.\nНо овие односи меѓу двете тогаш најсилни партии во Бугарија малку подоцна се расипаа. Големата изборна победа на земјоделскиот сојуз на општинските и парламентарни избори во текот на 1922 година и пролетта на 1923 година ги занесе земјоделските водачи. Сметајќи дека после задушувањето обидот на врангелистите за преврат и растурањето на трновскиот собор реакцијата е смачкана, Стамболиски го управи своето внимание против комунистите. Од своја страна комунистите одговорија со исти мерки. Заверениците фашисти и крупните капиталисти со тоа неразбирање беа многу доволни, па затоа при таква положба и се решија за преврат.\nНа 9 јуни раководителите на бугарската комунистичка партија (т. с.) вместо да застанат од страната на БНЗС, тие обратно, ги запреа во некои пунктови возбудените и активизирани народни маси, кои се беа дигнале да ја заштитат земјоделската власт и го осуетат превратот.\nЧленовите од раководството на бугарската комунистичка партија не го исползуваа настроението на масите, тогаш готови по цена на своите животи да го уништат бунтот на крахистичките партии и воената лига, и да ја преземат власта.\nЦентралниот комитет на бугарската комунистичка партија (т. с.) деветојунскиот преврат го објаснуваше како резултат на борба меѓу градската и селската буржоазија Партијната маса, пак, во тоа остана неубедена. Нејзината критика дојде оздола, поткрепена од коминтерната.\nПартиското раководство не сакаше да ја признае својата грешка, изјавувајќи дека исполнителниот комитет на коминтерната не е добро известен за стварната положба во Бугарија. Но претставителот на исполнителниот комитет со писмо од 2 јули 1923 година до ЦК на бугарската комунистичка партија (т. с.) и’ го соопштува следното:\n„Се надеваме дека другарот Коларов се наоѓа меѓу Вас, па затоа Вие сте могле и од негова уста да чуете како ги оценува Коминтерна собитијата во Бугарија.\nДодека другарот Коларов беше во Москва, тој наполно се согласи со таква преценка. ЦК на бугарската комунистичка партија направи многу погрешен чекор. Вие не еднаш го предјавувате тој преврат, кој сега и се изврши. Та тоа не е чудно. Требаше да бидеме слепи, па да не го видиме оноа кое се приготвуваше во Бугарија. Вие сами ја подготвувата партија на тоа дека, кога ќе се обиде буржоазијата да изврши преврат, тогаш ќе биде и моментот за дејство.\nИ што! Кога настапи моментот, вие постапивте сосема обратно. И напразно бараме низ вашите статии објаснение по однос на таа судбоносна грешка. Искрено да речеме, ние сметаме дека таа теорија на неутралност, или е специјално измислена за тоа за да се прикрие од очите на работниците нечуената пасивност, која ја покажа партијата, или пак, ако таа теорија се заштитува сериозно, тогаш тоа е резултат на неопростиво доктринерство и политичко кусогледство.\nГраѓанската војна во Бугарија уште не е завршена. Се разбира дека е изгубено многу време, но сепак работата може да се поправи.\nПо наша мисла неопходно е да го направите следното:\n1. Да ја признаете својата грешка со истакнувањето на теоријата за неутралност и да го кажете тоа откриено на партијата, и\n2. Да подготвите споразум со селските елементи, а особено со поодделните водачи на партијата од Стамболиски.“\nПисмото од Коминтерна ја изигра својата улога. Теоријата за неутралност се ликвидира.\nОткако ја извршија успешно својата деветојунска реставраторска акција против селаните, деветојунците се нафрлија против градското работништво и интелигенцијата, организирани во редовите на БКП (т. с.) и против сите луѓе кои се наоѓаа под нејзин уплив.\nНа 12 септември 1923 година деветојунците го затворија ЦК на БКП (т.с.) и го предизвикаа ''Септемвриското востание''. Меѓу членовите на ЦК, кои успејаа да се прикријат, беа исто така и Георги Димитров и Васил Коларов, та тие застанаа на чело на Септемвриското востание.\nНа 23 септември 1923 година работните маси од градовите и селата беа повикани да востанат против крвавата деветојунска власт на проф. Александар Цанков. Селаните се дигнаа од секаде, расправа во своите спомени стариот ветеран дедо Камен од град Фердинанд, и заедно со нас работниците востанаа. Ние тогаш не се боревме за пролетерска револуција, како ни се префрлуваше од деветојунците, туку за демократска народна управа.\nПо повод 23 годишнината на тогашното големо востание весникот „Работничко дело“, бр, 217 од 22 IX, 1946 година, пишува: „Во разни страни по земјата, во многу села и градови пламна и жестока, но славна и херојска востаничка борба против фашистичките узурпатори на власта.\nВостанието беше ги опфатило следните краишта – Старозагорско, Новозагорско, Долнобанско, Ихтиманско, Горноџумајско, Разлошко и др. Востанието доби масовен карактер нарочно во Врачанскиот крај, Михајловградско, Берковско, Ореховско, Белослатинско и тн. Востанието го водеа Георги Димитров и Васил Коларов, а воените раководители на најголемото огниште – Врачанско – беа другарите Гаврил Генов, Георги Дамјанов, Христо Михајлов, Асен Греков и други..“\n. . . „Востанието не можеше да ја опфати целата земја, та затоа големите економски и политички центри останаа надвор од него. И покрај големиот хероизам и борбениот ентусијазам востаниците не можеа да победат. Разбесната воено-фашистичка власт ги задави во крв востанатите краишта . . .“\nНо зошто не успеа востанието? На тоа прашање одговара сам Георги Димитров, изјавувајќи дека БКП (т. с.) во тоа време сѐ уште не била изјаснета до степен на болшевичка партија. Но вистината беше друга – таа изгуби во време, кога не ги дигна масите уште на 9 јуни, кои тргнаа заедно со земјоделците. А тогаш партијата напротив ги спречи. Спор по оваа прашање со Коминтерна Димитров водеше се до 5 август 1923 год.\nПоправајќи ја својата грешка раководството на БРП ја пушти паролата за востание, но поради нејзината едностраност, востанието се дигна само во еден дел и, сметајќи дека ќе претрпи неуспех патот за отстапување преку српската граница требаше да биде осигурен. Во востанието рамо до рамо се бореа земјоделци и комунисти. Тоа се одрази длабоко во душата на македонскиот народ. Во помошт на востанатиот бугарски народ, Македонците од Пиринска Македонија се кренаа на востание, и успејаа во град Разлог да ја земат власта во свои раце. Интересно е да се забележи дека „автономистите“ од Александровата ВМРО се соединија со востанатите Македонци и потпишаа договор, дека се потчинуваат на новата власт. Но откако востанието пропадна, тие го положија оружјето пред членовите на така наречената ВМРО. Тоа се објаснува со фактот, што во тоа време кадарот од ВМРО на Александров прејде во лево крило и дејствуваше повеќе по директивите на месните комитети, што се навоѓаа под влијанието на комунистичката партија и под нејзиното непосредно раководство.\nИсто така за време востанието една група од 130 души наоружани четници, под командата на Тодор Чопов, сестриното дете од апостолот на македонската национална револуција, Гоце Делчев, појде на помошт спрема Дупница, за да се поврзе со Дупничката комунистичка организација, и да појде кон местото која таа ќе му го определи. Поради договорот што го имаа александровците со раководителите на бугарската комунистичка партија, за неутралност во случај на востание во Бугарија против Владата на Александар Цанков, востаниците во Горна Џумаја не ја земаа власта во свои раце, а се упатија за град Дупница. Но од Дупница им јавија дека востанието е прекратено и дека тие треба да се вратат во легалност. После таа вест четата беше принудена да се раздели на групи и да прејде во легалност. Некој од четниците заминаа за Разлог и таму наполно се запазија, заштитени од месните комитети, а во договор со раководителот на серскиот и петричкиот револуционерен округ, Алеко Василев (Алеко – паша). Но тие што заминаа за Горна Џумаја без церемонии беа отепани од лидерите на александровата ВМРО: Михаил Монев, Мечкуевски и Иван Караџов. Поради тоа дека вратените востаници не се сомневаа во предавство, повеќе од нив беа убиени од страна на тие лидери. Меѓу отепаните се и тројцата браќа, Борис, Кирил и Димитар Костовски, од с. Кочариново, кои жевееја во град Горна Џумаја. Исто така беа отепани и жителите на град Горна Џумаја: Коста Сандев, од с. Зарево, Солунско; Никола Иванов од Хисарлак; Сотир Лазаров и Јанчо Хајдушки од гр. Горна Џумаја, Игнат Николов од Цариброд, Васил Коритаров од Босилградско; Ташко Малев, Јордан Клинчаров и Атанас Георгиев од гр. Горна Џумаја; Иван и Геори Савов од Ќустендил; Стефан од Одринско; Петар Ичков од гр. Горна Џумаја; Петар Здравков од Велес; Евгениј Георгиев од гр. Порој; Сотир Календерски и Иван Марков од Горно Џумајско, Никола Тодоров Нучков и Стојко Стоилов од гр. Горна Џумаја; Ристо Стојков, Ѓорѓи Иванов Хаџијски, Борис Давитков, Илија Катачки, Методи Мазнев, Петар Димитров и др. како и раководителот на ВМРО во Горна Џумаја и на востаничката чета Тодор Чопов.\nТаа ѕверска касапница на вратените македонски востаници беше дополнета со една друга варварска слика. Како видни комунисти на град Горна Џумаја, тогаш беа обесени пак од лидерите на Александровата ВМРО – Монев, Мечкуевски и Караџов, следните луѓе: Димитар Ацев (учител), Никола Лисичков (адвокат) и нотариусот на градот Стефан Велинов. Телата на обесените беа оставени да висат неколку дена. Тоа се случи пред обвинителот Цветников, околискиот началник Алексиев и горе спомнатите лидери. Целото население беше ужасно од таа варварска постапка на оѕверените фашисти кои отепаа 100 души од востаничката чета на Тодор Чопов, од кои се запазија само триесет, и токму тие што отидоа за Банско кај Алеко паша. Тогаш за време фаќањето и бесењето на востаниците, беа одвлекувани покрај овие и невостаници, видни прогресивни македонци од Џумајско, и отепувани по наредба на Александров и Протогеров.\nТука е местото за да одбележи, дека тие убиства во Горно Џумајско во 1923 година немаше да станат ако раководството на БРП(к) не го признаеше раководството на Тодор Александров и Александар Протогеров, со кој што влезе во врска во надвечерието на септемвриското востание и го потпиша договорот, дека во случај на востание ВМРО ќе остане неутрална, а во случај на победа на БРП(к), ВМРО на Александров и Протогеров, ќе се потчини и ќе воведе демократска управа во Пиринска Македонија.\nПосле пропаѓањето на востанието, александровците откако ги извршија тие убиства се оправдаваа со тоа, дека востаниците од Горна Џумаја во септември ја прегазија организационата дисциплина и договорот за неутралност потпишан од ЦК на БРП(к) и нив.\nНеоспорно е дека Тодор Александров не ги изврши политичките убиства за тоа. Тој го направи тоа само за да се бендиса на фашистите, да не ги прекине врските со нив и да ја подвлече солидарноста со нив. Исто така интересно е да се одбележи, оти такви политички убиства, како оние во Горна Џумаја, на други места во Пиринска Македонија не се случија. Туку тоа се објаснува со фактот што самата ВМРО во оние места каде се распространуваше власта на Алеко паша, како серски окружен војвода, беше во тајни врски со нас, односно со групата на Димо Хаџи Димов.\nВо таа борба важно е да се спомнат пројавените револуционерни особини. Востаниците не извршија никакви насилби над населението, кое не учествуваше во операциите. Без да се задржуваме на убиените во време на борбите, востаниците не покажаа никаква слабост и не направија никакви отстапки.\nПротивно на човечкиот морал, во задушувањето на востанието, буржоазијата ги развеа своите темни инстикти и во крв ги потопи народните маси, убивајќи го безразлично секого, кој ќе им попаднеше во нивните раце во востанатото жариште на операционата зона, и на секаде, во сите краишта на земјата.\nПолитичките убиства стануваа со и без повод и над жигосаните приврженици на комунизмот и на земјоделскиот сојуз. Најкрвожеден беше Тодор Александров со неговата фаланга, која се состоеше од интелектуалци – престапници, како професор Милев, Г’орги Баждаров, К’ирил Прличев, Г’орѓи Кулишев и многу од студентското друштво „Вардар“, од чија што средина излегоа Кирил Драганов, Симеон Ефтимов, Васил Мандев, Перо Шанданов, Пецо Трајков и други, кои преоблечени во офицерски шинели, стоеја на чело на групите со моторбицикли што им беа дадени од деветојунците, и кои на долж и во ширина крстареа низ државата и ги однесуваа поткажаните од селата и градовите бугарски и македонски синови и ги убиваа.\nТаа разбојничка фаланга на александровците го ангажира македонското име во таа крвава драма, иако македонскиот народ со ништо не беше виновен. И по таков начин бугарскиот народ се онерасположи против македонскиот.\nНие нема да ги спомнеме имињата на сите интелектуалци и физички убијци што беа испратени да го касапат народот, затоа што сметаме дека нивното животинско ниво е омекнување на нивните опстојателства. Немаме ни физичка возможност да ги изнесеме имињата на жртвите, кои изнесуваат повеќе од 20.000 души.\nОтепувањата стануваа пред очите на обвинителите, но главно по директива на Тодор Александров. По негова директива во септември како што видовме беше искасапена востаничката чета на Тодор Чопов. Неговите терористи во јуни и септември со еднаков апетит отепуваа и Македонци и Бугари. Преоблечени во полциски униформи неговите четници организираа потери за фаќање на земјоделци, комунисти и федератисти. По негова директива се формира полициско поверенство во с. Белово каде што се доведуваа затворениците од Пловдивско и се отепуваа во реонот на тоа поверенство од лажните полицаи.\nИмињата само на еден дел од отепаните, изнесени во приложениот список кон оваа наша книга, иако непотполн, го покажуваат карактерот на врховизмот. Убиствата ни покажуваат колку слаба била културата на оние кои наредуваа, на оние кои извршуваа и кои морално ги поткрепуваа. Тие многу напомнуваат на средновековните феудални крвави апетити во Бугарија, кога за сметка на хановите беа отепувани раководителите на народот и самиот народ. Поради тоа тие го носат белегот на варваризмот на хановите и нивните алчни за власт и богатство болјари.\nИмаше подли луѓе, кои проаѓаа дури и за „марксисти“ (Пастухов и Чернооков во Пловдив и др.), што формираа шпицкоманди – социјалистички чети, за да го угушат востанието во септември и да ја засилат акцијата на успехот на деветојунците. Некои од тие социјалисти пишуваа брошури, во кои го фалеа фашизмот и деветојунството. Ги имаше, а и сега ги има такви чешити, како Диме Казаков, Кимон Георгиев и Георги Кулишев, апологети на канибализмот а истовремено сплеткари и подло без’рбетници, кои заради фотељи и постојано менувања на својот карактер, станаа неоткриени и одвратно гримирани политички створови. Тие ги заборавија убиствата вршени од името и за сметка на мракобесништвото и подлоста над светците, кои презирајќи го својот живот излегоа во борба за сменувањето на експлоататорското и крваво буржоаско општество.\nТоа нечуено варварство по светската војна во Бугарија – тие страшни политички убиства ја расклатија цела Европа. И ни во една држава не најдоа причини за оправдане, па затоа тие ги извршуваа без предизвикувања, без причини и поводи.\nОвие подли луѓе ја разбраа положбата дека бугарскиот и македонскиот народ никога нема да ја преклонат главата, дека тие ќе се борат да ја симната крвавата деветојунска влада за да воведат демократизација на страната. Затоа деветојунците побрзаа да ги премавнат своите внатрешни противречности, тие си ги простија еден на други сите злочини во минатите војни и тие злочини што беа ги вршеле во јуни и септември 1923 година. Тие минаа преку кавгите што ги имаа од минатото, ги соединија некои од партиите и особено ја привлекоа во владата ннароднашката партија што го преставуваше финансискиот капитал во Бугарија.\nНие ќе го дадеме овде указот кој го донесоа тие со намера да создадат едно свое внатрешно единство и да се јават политички единствени и силни пред надворешните капиталистички држави.\nДЪРЖАВЕНЬ ВЕСТНИКЬ\nМИНИСТЕРСТВОТО НА ПРАВОСЪДИЕТО\nУ К А З\n10\nНИЕ БОРИС III\nС Божя милост и народна воля\nЦар на Българите\nОбявявам на всички наши верноподаници, че 21 Обикновено народно събрание, през първата му редовна сесия, въ 131-то заседание, држано на 10 юли 1924 година гласуваа и прие,\nНие утврдихме и утврдяваме следния\nЗАКОН\nЗА АМНИСТИЯТЯ\nЧл. 1. Дава се амнестия за престѫпните дейания по закона за сѫдене и наказания виновниците за народната катастрофа.\nДава се амнистия съшто за престѫпните деяния, извршени од 4 юли 1913 година до 20 юни 1918 година по закона за наказанията, които се налагат за престѫпленията, предвидени въвчл, 155 од Конституцията (Закон од 13 декември 1880 година) като се исклучват ония бивши министри, които не сѫ истрпели или неистрпват наложеното им по този закон наказание и съ осъдени за престѫпни деяния извршени за лична полза.\nИсклучват се од тая амнестия ония осъдени бивши министри които и друг пѫт са били осъждани за престѫпления по чл. 155 од Конституцията.\nОпроштава се остатъкѫт од наказанията на осудения със пресъдата на последния државен сѫд. Димитар Тончев.\nЗАБЕЛЕШКА.\n1. Ослобождава се од гражданска одговорност по амнистираните престѫпни деяния бившия воен министер генерал Жеков.\nЗАБЕЛЕШКА.\n2. Останалите амнистирани министри се ослобождават од гражданската одговорност по закона за сѫдене наказание виновниците на народната катастрофа.\nОд 2. Во допѫлнение на амнистиите од 4 януари 1919 година, од 22 април 1921 година, од 9 май 1922 година и од яануари 1924 година, амнистерат се сички престѫпления извршни од войнослужаштите од 17 септември 1912 година до 31 септември 1913 година вклучително и од 10 септември 1914 година до 1 април 1915 година със исклучение на тешките наранявания и причиняване смрт на началника или извршени със корист на сума поголема од 1500 лева.\nЧл. 3 Дава се амнистия на извршените до 1 декември 1918 година престѫпни деяния, предвидени във Закона за стопански грижи и општествена предвидливост од 26 август 1916 година и измененията и допоълненията му од 6 април 1917 година и от 11 април 1918 година както и на извршените във сврска със тойа закон от дължностни лица престпления по наказателния закон, безлична углада.\nГлобите, събрани по престѫпните деяния, закоито се дава амнистия, както и конфисканите с влезнали във закона сила пресъда предмети, не се връщат на лицата, от които съ събрани.\nЧл. 4. Дава се амнистия за всички престѫпления по избирателния закон и по глави 4 и 5 од наказателния закон, извршими при или по повод приложението на закона за допитване до народа, за съдене бившите министри от кабинетите Гешев-Данев и Малинов-Костурков от 7 октомври 1922 година.\nАмнистират се престѫпленията по наказателния закон извршени до 12 септември 1923 година във врска или по повод на арестуванията и преследвания по ЮНСКИТЕ СЪБИТИЯ от 1923 год., исключая деяниата извръшени с користна цел.\nДава се амнистия за извършените през периода от 1 декември 1918 год. до 11 април 1921 год. и престъпления по членове 128=145, 152, 154, алиния 1,266 п 3,289 п 2,172=176, 178 и 179 от наказателния закон.\nЧл. 7 от закона за амнистията от 10 Януари 1924 год. се изменя така: Дава се амнистия за всички престѫпления по печата от опщ характер извършени до 31 декември 1922 година.\nЧл. 5. Дава се амнистия на учестниците в престъпните деяния по търновските събития, станали през месец септември 1922 год., с исключение на а) министрите, народните преставители, чиновниците и организаторите на престъпленията; б) извршителите на кражби и грабежи в) извършителите на убиства, наранявания и побоища.\nЗаповедаме настоящия закон да се облече с държавен печат, да се обнародва в Държавен вестник и да се тури в действие.\nИспълнението на настоящия УКАЗ възлагаме на нашия министър на правосъдието.\nИздаден в Евксиновград на 21 юли 1924 год.\nНа първообразния със собствената на Негово Величество ръка подписано; БОРИС III.\nПриподписал\nМинистър на правосъдието Рашко Маджаров.\nПървообразния УКАЗ е облечен с държавния печат и зарегиструван под номер 1184 от 24 юли 1924 год.,\nПазител на Държавния печат,\nМинистър на на Правосъдието; Рашко Маджаров.\n(Препис от Държавния вестник бр. 92 от 26 юли 1924 год.)\nСе разбира дека со овој указ се цели на ослободување од одговорноста на сите нивни луѓе и држање под одговорност на лугето од кабинетот на Стамболиски. Сотоа се цели уште и премавнувањето на какво и да е сомнение во капиталистичките држави, дека тие со готовност ке се борат против демократскиот народ. Со тој указ тие сакаа да се претстават како нова сила во Бугарија, која се нагрбила со намера да го запази буржоазниот ред. Затоа и после приемањето на овој указ внатрешната политика по правец во политичките убиства продолжува. Таа положба го создаде емигрирањето во Југославија и во туѓина. Тоа ја поттикна интелегенцијата по патот на индивидуални терор. На секаде земјата се покри со конспиративни групи. На реакцијата од горе и’ се одговори со реакција од оздола. На теророт озгора се одговори со терор одоздола. Една наоружена група го дочека царот во местото „Арабаконак“ и на 16 април 1924 година пукаше и ги убија Илчев, начелник на ботаничкиот оддел до дворот, и други двајца, кои го придржуваа од неговата свита, а царот се спаси со акробација и бегање, непогоден од првите куршуми.\nДруга една конспиративна група, исто така по пат на конспирација за одмазда и преврати замисли и изврши атентат во црквата „Св. Недела“. Атентатот како акт е големо дело. Истиот ни ги открива генијалните замисли и планови на неговите автори, за едно востание на работници и селани, кое што беше предвреме осуетено од некои раководители на БРП (к), за кое што тие немаа смелост да признаат, затоа што носат голема историска одговорност.\nКако резултат на тој атентат, што стана на 17 април 1925 година, се извршија страшни бугарски вартоломејски ноќи. Спроти 19 апри, зло намерни луѓе со моторбицикли крстареа низ софиските улици и ги извлекуваа најоданите синови бугарскиот и македонскиот народ, кои што понатаму околу периферијата на Софија ги отепуваа без да им се суди, ги закопуваа во дупки, приготвени за многу луѓе.\nНа тој начин во тие кобни ноќи беа убиени повеќе од три илјади души.\nЕте тука во јуни и септември 1923 година, за време горноџумајските собитија во 1924 година и во април 1925 година „македонствујуштите“ од македонското студентско друштво „Вардар“, почетничката фаланга на проф. Никола Милев и Прличев, заедно со бугарските фашисти на проф. Александар Цанков, ја исклаа таа елитна маса од 30.000 граѓани, од македонско и бугарско потекло.\nПосле тие вартоломејски ноќи од бесења и стрелања се појавија и официјалните убиства, кои ја дополнија сликата за полното зацрнување на народниот живот.\nВо Европа тие бугарски крвави истапи се појавија по кината. На филмското платно се покажаа жртвите и нивните мачители. Кината се полнеа со публика, која протестираше против тие маченици на слободата во јуни и септември и за време сите кобни вечери на стрелања и заседи, одведувани без да им се најде трага. Публиката ги проколнуваше сите вродени типови – чудовишта во човечко лице на чело со проф. Цанков, потстрекнувачкот на садимот, и заедно со оној кој практично го приложуваше планот за една кобна политика, туѓа на бугарскиот дух, политика која се стремеше да го зацврсне раздвојувањето.\nТие страшни политички убиства ја расклатија и потресоа бугарската душа. Моралното ниво на Бугаринот и Македонецот се понизи, нарочно на Македонецот на кого александровците му ја определија срамната улога на џелат.\nНо како бугарскиот народ, така и македонскиот не прекина со борбата. Македонското јавно мислење ги осуди тие убиства. Илинденската организација како раководно тело на чело со Георги Занков, позади кого стоеја прогресивните илинденци, прва го издигна протестниот збор против клеветите на бугарската влада, како божем политичките убиства во Бугарија за време настаните во јуни и септември биле извршени од Македонците кои живеат во Бугарија. На јавното собрание, повикано од илинденската организација во бираријата „Адамов“ во Софија, Георги Занков од името на Илинденската организација и сите македонски дејци даде изјава, дека извршените убиства на 9 јуни и септември во Бугарија не се воопшто дело на Македонците, а на оние платени луѓе, кои без разбирање ги извршуваа. Тие срамни работи не го ангажираат македонското име и македонската чесност со ништо, ниту пак македонската ослободувачка дејност.\nТоа порекнување беше управено на Тодор Александров и Александар Протогеров, кои највеќе се истакнаа во убиствата во јуни и септември и непосредно на Александар Цанков и сите фашисти од јунската власт. Тие изјави ги навредија Тодор Александров и Александар Протогеров, но најмногу Тодора Александров, кој стана извесен како поткупен убиец, разбојник и џелат.\nЗа да го откриеме моралниот образ на Тодор Александров ќе изнесеме следниот факт. По силата на споразумот меѓу раководството на БРП(к) и Александров за запазување на неутралност кога ќе востанат против деветојунците, работниците и селаните, Александров беше принуден да седи пасивен. Откога се разбра дека востанието пропадна, Тодор Александров побрза да се рехабилитира пред дворот и бугарскиот фашизам. Тогаш тој како бесен со своите чети се фрли против востаниците за своја слобода работници и селани, како бо Бугарија, така исто и во Пиринска Македонија, која што беше под бугарска управа. Додека после угушувањето на востанието, востаниците од Разлошко, што го положија оружјето пред Алеко паша беа заштитени и прибрани во Македонската организација под раководствотона Алеко паша, а другите од Горноџумајско, што се предадоа на Тодор Александров, сите до еден маченички беа убиени со негово непосредно учество. Лично Тодор Александров, како суров и побеснет џелат, му ги исече рацете и го продупчи со нож секретарот на Горно-џумајскиот окружен комитет и на комунистичката партија во Горна Џумаја, Тодор Чопов.\nНа таков начини се запази врската меѓу александровците и деветојунците. Во септември како и во јуни 1923 година Бугарија се наполни со „четници“ од „внатре“ (потценувачки збор) кои беа назначувани во дирекцијата на полицијата и полициските инспекции и нивните станици. Многумина од нив беа назначени како чувари по фабрики, установи и складови, за да ги тероризираат работниците и службениците како не би кревале штрајкови против сопствениците. Крчмите вриеја од такви „четници“ и „револуционери“, сите од „внатре“ кои го распашале каишот до заборавување. Тие беа со такво убедување дека се потполни господари на земјата и никому не даваа сметка за своите пакости. Пијани, тие преку ноќ пукаа до заборав, забрануваа да се пеат српски песни, пукаа и ги упропастуваа филмските платна, кога на нив при прожектирањето ќе се појавеше српски офицер или жупан, некој научник или некој џандар.\nСето тоа не можеше да се трпи, ниту од народот, ниту пак од официјалната власт, која што се осрамоти во странство и се исплаши од тешките последици. Освен тоа владата на Цанков, која се ориентираше во надворешната политика кон Франција – каде што тогаш беше центар на меѓународната реакција, побара зближување со југословенската влада. Нишкиот договор меѓу Југославија и Бугарија беше обновен. Кралската влада ја заплашуваше бугарската влада да тури крај на „македонствујуштите“ во Бугарија и „Петричкиот округ“ (Пиринска Македонија), со тоа што ќе ги пушти српските војски во Бугарија, кои што требаше да ги фатат и донесат во Југославија за злочините, кои ги вршеле во Бугарија и Југославија. Тие заплашувања ја принудија владата на Цанков да отпочне со апсења на видни Македонци, што беа близу до средината на Александров и Протогеров, кои беа интернирани со големо внимание и загриженост во внатрешноста на Бугарија.\nМеѓутоа, престапите на Александров треба да се потпрат уште појако, бидејќи не беа негово изолирано дело, а пред сѐ тоа беше резултат на една борба против демократската власт на Александар Стамболиски, која беше предводена од воената лига и со помошта на Александров, а по еден договор, направен за поделба и закрепнување на бугарската фашистичка власт меѓу александровците и деветојунските фашисти.\nНо подоцна од корен се изменија тие односи со александровците и приврзениците на деветојунците, така што тој падна во немилост пред своите соучесници. Откако се зацврснаа на власт, деветојунците се обидоа да фрлат еден дел од последиците, кои произлегоа од престапите во јуни и септември, на Тодор Александров, кого што го изолираа од власта и ги прекинаа сите врски со него. Тоа страшно го навреди и како резултат на тоа се јавија дрски писма, заплашувајќи по својата содржина, испраќани до некои министри на деветојунскиот кабинет. Во едно такво заплашувачко писмо испратено до министерот на внатрешните работи, Генерал Русев, Александар му велеше дека е „фелдфебел“ и му изјави дека ''„к’е дојде да го фати за уши и к’е го фрли преку прозорец“. На еден друг министер тој му се пофали дека к’е му ја скине главата како на врапче''.\nТие заплашувања имаа свое историско правдање во помоќта што ја даде Александров во борбата за реставрирање на буржоазијата, но по тоа онеправдан и зафрлен после дадената помошт.\nНо тие заплашувања не дадоа позитивен одговор за него, бидејќи цар Борис беше го исткал веќе платното и му заврте грб на неодговорниот фактор Тодор Александров со неговата фиктивна илегалност – фиктивна по суштина, без тајна царска супсидија. И генерал Протогеров веќе се лутеше на Тодор Александров и изјавуваше дека тој ќе му забрани на Александров да ги застрашува бугарските министри, да го засрамува името на Македонија, да зборува и да го претставува ЦК на ВМРО, без неговото и на неговиот другар Чаулев знаење и согласије.\nОстанувајќи речи си веќе изолиран, Тодор Александров за навредата и неблагодарноста на царот и буржоазијата, започна да бара излез од таа положба. Опиен од успехот на деветојунската акција, која што со право ја сметаше за своја, не гледаше што станува под неговите нозе во редовите на ВМРО кои што ги претставуваше тој.\nИзолирањето на Тодор Александров од деветојунците беше спроведено едновремено и со неговото изолирање од околиските и окружните комитети на раководената од него ВМРО. Во местата каде што веќе се изјаснија против мешањето во внатрешниот живот на Бугарија и за престапните предавства и убиства вршени во полза на деветојунците. Тој опозиционен настан во тоа време се толкуваше како настан скршнување на лево на александровата ВМРО, на која фактички водач стана Алеко-паша, а под влијание на илинденците и групата на Димо Хаџи Димов.\nИзолиран од двете страни: – онаа на „македонствујуштите“ во Бугарија и онаа на деветојунците, обединети во една партија, која управуваше, наречена „демократически зговор“ – Тодор Александров рискуваше да умре политички. Таа положба го принуди да бара излез и да скршне во друг правец. Тогаш тој, уплашен не само што скршна, но тој направи и еден скок кога рипна од едниот табор и стапи во друг. За него не остануваше време за губење и заедно со Александар Протогеров се упати за Виена, каде што беше свртилиштето на македонските револуционери, протерани од реакцијата која беснееше во Бугарија и Петричко, за да се разбере со нив и да влезе во врска со ''коминтерната''.\nНеговото патување во Виена беше резултат на многу состанци на Алеко паша и Димо Хаџи Димов во куќата на бившиот војвода Михаил Чаков во Софија. Тие состанци имаа за цел да се запознаат со прогресивните сили и со состојбата на александровската организација, со процесот на нејзиното прејдување во лево и со Александров кој сакаше да се разбере со луѓето од коминтерната и со федератистите што се наоѓаа под неговото раководство. На состанците по тоа прашање Димо Хаџи Димов не сакаше да се сретне со Протогеров, ниту пак со Александров. Тој против двајцата имаше лична омраза поради пакостите, што ги извршија над македонското дело и предавствата во јуни и септември 1923 година.\nКако резултат на тие состанци на Димо Хаџи Димов со Алеко беше решено Ангел Динев да отиде при Алеко паша, за да го редактира в. „Слобода или смрт“ орган на ВМРО, во духот на демократските идеи, принципите на македонскиот ''централизам'' и идеите за федерација на балканските народи. Одењето на Динев беше одложено од Хаџи Димов до враќањето на Тодор Александров и Александар Протогеров од Виена. Славко Ковачев настојуваше да се организира еден колегиум за нов весник, кој да го замени излегувањето на в. „Илинден“. Тоа се наложуваше да биде поради тие соображенија, што Димо Хаџи Димов дознал, дека имало колебливост од страна на раководното тело на илинденската организација на чело со Ѓорѓи Занков и Арсени Јовков, кон александровците, за да се претстават дека тие се од раководството на александровската ВМРО, како би биле кандидирани за народни пратеници од Пиринска Македонија, кој ќе ја издигнат македонската трибина во бугарскиот парламент.\nИдеата за македонска трибина во бугарскиот, српскиот и атинскиот парламент беше на Арсени Јовков. Но место да имаше разбирање на александровците по тоа прашање, тие се скараа. Протогеров му соопшти на Арсении, дека тие нема да и’ дозволат на илинденската организација, да ја носи славата, како изразители на револуционерните тежненија на Македонија. По тоа прашање Александров му пиша писмо на Славко Абазов, бившиот кратовски војвода, во кое му соопштуваше, дека тој како касиер на илинденската организација, треба да знае оти тие двајца го пречекориле правото на македонски дејци, и за нивната дрскост што настапуваат во туѓи сфери, ќе бидат казнети од организацијата. Тоа писмо ми се даде и мене, што ја пишувам оваа книга, со задаток да го прочитам и го запознам Димо Хаџи Димов со нивното поведение и положение пред факторот Тодор Александров кој лично го потпиша писмото во должност како член на ЦК на ВМРО.\nАлександров и Протогеров водеа борба против оние, кои ја организираа илинденската организација во Софија. Тие успејаа да го премавнат Крум Зографов. Го убија Александар Панов и почнаа да го гонат Стојан Мишев. Тие мафиоти не сакаа под никаква форма да се зборува за Илинден, иако агитираа за „независна Македонија“, тие беа лажни автономисти. Илинденците, раководени од Занков и Јовков, штом не успејаа да се споразумат наполно со александровците, се зближија со групата на Димо Хаџи Димов и како демонстрација за тоа зближување се свика првото општо собрание на илинденците во бираријата „Адамов“ во Софија.\nСето тоа не зборуваше во полза на Александров и Протогеров и затоа тие побрзаа да се пререгистрираат.\nВо саканото скршнување од Александров да се ориентира во лево, најинтересно беше држањето на Протогеров, кој на извесно време по договорот за скршнување, му го изјави пред Михаил Чаков своето незадоволство од Тодор Александров затоа што ги заплашуваше бугарските министри од името на ЦК на ВМРО. Протогеров во отсутноста на Тодор Александров се закануваше против него, но тој беше безмоќен да поведе јавна борба и го одбра патот на измама.\nНо сепак за скршнувањето тој не беше подготвен та пак почна да соработува со Тодора и двајцата отпатуваа за Виена.\nДоваѓањето на тие двајца во Виена се должи, како што забележивме, на изванредниот уплив на македонските маси што се наоѓаа под упливот на Октомвриската револуција и до некаде на разрешувањето на националното прашање во СССР и од страв да не се испушти создадената од нив со крвава усилба раководната улога на ВМРО.\nТака дојде до идењето на Тодор Александров и Александар Протогеров во Виена и по потпишаниот од двајцата договор за самостојна револуционерна борба на ''Македонија и за единствениот македонски и балкански револуционерен фронт''.\nНие нема да го изнесуваме во танчина договорот и нивните состанци, на кои се преговараше за ориентирањето на лево нс ВМРО на Александров и местото каде што стануваа тие состанци. Новата ориентација на александровците е означена со потпишаната од нив декларација, во која се застапени следните точки:\n1. ВМРО во својство на една вистинска револуционерна сила се бори за ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно самостојна (независна) политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници. Тие сметаа дека политичкото постоење на Македонија може да биде гарантирано само во сојуз со самостојно определените балкански народи во форма на една Балканска Федерација, која единствена може да ги парализира анексионистичките стремежи на сегашните балкански држави, да го осигури правилното разрешување на сите национални несогласија и да го гарантира културното развивање на сите етнографски малцинства.\n2. Во својата борба за ослободување на Македонија и за образување на Балканска федерација, ВМРО, се базира пред се на соединетите сили на целото македонско население во соработка со револуционерните движења на другите балкански народи. А до колку остварувањето на таа задача зависи од меѓународното положение, таа се ослонува само на моралната поткрепа на европските револуционерни и прогресивни струи, а најглавно на целокупната морална, материјална и политичка поткрепа на СССР, кој денеска се јавува како единствена држава, што се бори за ослободувањето на сите угнетени народи, за нивното вистинско самоопределување и федерирање и која во својата балканска политика нема никакви империјалистички цели.\n3. ВМРО ќе ја засили по најрешителен начин својата борба, како против српската и грчката, така и против бугарската влада, кои се пројавуваат или пак ќе се јават, како орудија на своите или туѓи империјалистички стремежи спрема Македонија. Во таа смисла организацијата ги раскинува секаквите врски со софиските влади, и ќе води борба против нивната политика.\n4. Ценејќи го огромното значење на единствениот револуционерен фронт на Балканот за борба против балканскиот и европскиот империјализам, ВМРО ќе ја даде најискрената помош за побрзото остварување на Единствениот балкански фронт, ќе влезе во близок контакт и ќе ја согласи својата борба со сите вистински револуционерни движења во другиите балкански земји, примајќи и борејќи се за ослободување и обединување на Македонија во самостојна политичка единица и за нивното рамноправно соединување во една Балканска федерација. Организацијата ќе влезе во контакт со комунистичките партии на балканските држави.\n5. ВМРО наоѓа дека за образувањето на Единствениот балкански револуционерен фронт од важно значење е групирањето на сите револуционерни елементи на македонското движење во Единствениот македонски револуционерен фронт. За постигнувањето на единствениот македонски револуционерен фронт, ЦК ќе го запре протерувањето на оние групи што се борат против неа и ќе направи се, за да го соедини целото македонско движење.\n6. За приложување на горната директива ЦК ќе пристапи кон следните предворителни мерки и дејствија.\nа) Ќе издаде наредба до сите комитети кои потпаѓаат под него, каде ќе ги истакне политичките и организациони директиви, кои произлегуваат од истата платформа.\nб) Ќе направи јавни изјави од името на организацијата во духот на истата декларација.\nв) Ќе образува од македонските пратеници во парламентите на балканските држави самостојни парламентарни групи и политички партии, што ќе ја примат оваа платформа во целина.\nг) Ќе ги организира раководствата на сите печатени органи, заштитувајќи ја каузата на организацијата, преку кои таа ќе може да влијае, а тие ќе бидат поверени на лица, што ќе ја спроведат оваа платформа.\nд) Ќе го организира издавањето и редактирањето на специјален печатен орган во странство, кој во рамките на легална политичка пропаганда ќе се бори против европскиот и балканскиот империјализам, ќе ја заштитува идеата за самоопределување на балканските народи во балканска федерација и ќе ги приготви предвреме условите за единствениот револуционерен фронт.\nРедактирањето и издавањето на тој орган ќе биде организирано по возможност низ взаимни споразуми на сите заинтересирани фактори.\nВиена, 29 април 1924 г.\nОваа декларација се наложуваше како важен услов за да се влезе во преговори меѓу Алексанровската ВМРО и федератистите, предводени од д-р Хилип Атанасов. Преговорите започнаа и како резултет се состави следниот Протокол за соединување на македонското револуционерно движење.\n„Ние потпишаните го изјавуваме своето длабоко уверение дека успехот на ослободувачката борба во Македонија при решеното балканско и меѓународното политичко положение, е возможно, кога таа борба ќе биде поставена при следните услови:\n1. Ослободувањето и обединувањето на испокинатите делови на Македонија во една наполно самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници;\n2. Кога политичкото постоење на Македонија ќе биде гарантирано од сојузот на самостојно определените балкански народи во една балканска федерација, која единствено ќе може да ги прализира анексионистичките стремежи на балканските и европските држави, да го осигури правилното разрешување на сите национални несогласија и да го гарантира културното развивање на сите одделни етнички малцинства.\n3. Кога борбата за ослободување на Македонија и образување на балканска федерација се потпира пред се на обединетите усилби на македонското население, без разлика на вера и народност, и кога таа борба ќе биде поведена во тесна соработка со другите балкански народи, на прво место со балканското комунистичко движење.\n4. Кога таа борба, доколку нејзиниот успех ќе зависи од меѓународната политичка положба, се надева и се базира само на прогресивното движење во Европа, на чело со комунистичката и целокупната поткрепа на СССР, кој единствен денеска се бори за ослободувањето на угнетените народи, за нивното вистинско самоопределување и федерирање и кој не претендира ни на какви завојувачки цели на Балканот.\nТреба да се знае и тоа дека како прва задача на македонската ослободувачка борба се јавува обединувањето на сите револуционерни сили на Македонија во единствен македонски револуционерен фронт како основа за образувањето на Единствениот македонски револуционерен фронт, кој ќе поведе најрешителна борба против анексионистичките и империјалистички политики на сите балкански и европски држави.\nЗа остварувањето на Единствениот македонски револуционерен фронт заинтересираните во македонското револуционерно движење го сметаат за неопходно и хитно следното:\n1. Обединувањето на целото македонско револуционерно движење во една организација и под еден идеен бајрак, кој може да биде само со горенаведената програма.\n2. Тоа обединување треба да биде извршено од обединувачки конгрес, свикан на основа уставот и правилникот на ВМРО.\n3. Имајќи го предвид и тоа дека условите за свикување на еден обединувачки конгрес се уште не се узреани, се наложува извесна предвремена работа за создавање на поволна атмосфера за свикување на тој конгрес, и во тоа двете страни се согласија со следното.\nа) да се прекратат сите непријателски дејства, запазувајќи полна слобода само за организациона дејност на обете страни, на основа гореизложената платформа.\nб) истовремено со тоа се отфрлаат взаимно сите смртни казни и гонења против одделни членови, организациони чети и др.\nв) Да се формира една општа помирувачка комисија во состав од по еден преставник од обете странки и од по еден член, назначен по желба на обете страни.\nг) Задачите на помирувачката комисија се следни: да настојува за отстранувањето на сите конфликти кои можат да изникнат меѓу обете страни; да ги приготви условите, при кои може да се свика обединувачкиот конгрес; да настојува за распространувањето на идеата во задграничниот печат на идеата за необходноста на Единствениот македонски револуционерен фронт и Балканската федерација. – Да го организира издавањето на еден општ задграничен весник со име „Балканска федерација“.\n4. Овој протокол се состави во два примерка, потпишан од секоја страна одделно.\nВиена, 30 април 1929 год.\nБидејќи Декларацијата и Обединителниот протокол не беа предвидени за публикување, обете странки се согласија да се излезе со еден Манифест кон организираното македонско население и македонските револуционерни дејци во кој да се изнесе новата политичка организација.\nМанифестот беше изработен колективно, откако секој член од присутните ги внесе необходните забелешки на основа принципите влезени во декларацијата и протоколот. По разбирливи причини манифестот требаше да излезе од името на ВМРО, кој што ја претставуваа Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. Несомнено тој манифест како и декларацијата и обединителниот протокол беа одобрени од сопствените пратеници на Коминтерната, под чија директива се изврши обединителното дело на македонските револуционерни сили и се раздаде и формира Единствениот балкански револуционерен фронт. Ние ќе го предадеме тој важен и со историјско значење за Македонија и за Балканската федерација ''Манифест'', објавен заедно со декларацијата и протоколот во факсимил во книгата „Измениците на македонското дело“ – издание на ВМРО (обединета).\nМанифест\nКон македонскиот народ, кон револуционерно организирано население во Македонија и кон македонските револуционери.\nБраќа Македонци,\nМакедонија во своите природни географски граници меѓу реката Места, Родопските планини, Рила, Шар, р. Дрим, Охридско езеро, планините Грамос, река Бистрица и Егејско море е пространство од 65.000 квадратни километри, отсечено со реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарено со најразнообразни природни богатства и добри климатски услови; со своето 2.302.000 разнообразно по етнографски состав население, со своето централно економско и стратегиско значење на Балканот, меѓу базените на р. Дунав, Егејско и Јадранско море – таа ги има сите права и услови за самостојно политичко постоење, како независна државна единица која може самостојно да се управува и да послужи за политичко и економско звено меѓу народите и државите на Балканскиот полуостров.\nВековните борби на македонското население против господството над неговата територија на едно племе и тиранијата вршена против останатите племиња, кои ја населуваа Македонија, отпорот, кој тие го укажуваа против денационализаторската политика на државите што владееја во Македонија или граничеа со неа, учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; помошта која таа непрекинато ја даваше на земјите во сите војни на Балканот, а што се јавува да војуваат во името на ослободувањето и самоопределувањето на балканските народи – е најочигледен доказ за правото и свесноста на македонскиот народ да биде самостојна балканска политичка единица.\nИзлегувајќи и потпирајќи се на таа свест, Внатрешната македонска револуционерна организација – ВМРО – во продолжение на цели три десетолетија водеше најрешителна борба за слободата на Македонија. Таа борба во зависност од односите на факторите во меѓународната и балканска политика и мнозинаството по етнографски состав во организацијата, си поставуваше различни тактички задачи и се ползуваше со различни средства.\nДолго време македонскиот народ, верувајќи во ослободувачките стремежи на големите европски и малите балкански држави спрема Макекедонија, беше го обрнал погледот кон нив и го очекуваше своето ослободување од нивната интервенција. Сообразно со тоа ВМРО ја управи својата дејност да ги дигне гласот на македонскиот роб до ушите на идните ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, за да го искористи напреварувањето на нивната политика и по таков начин да ја отргне слободата на Македонија. Примерот за создавање на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше соблазлив. Сообразно со тој тактички задаток на македонската револуционерна борба и нејзините средства и беа пред се единствени и делимични удари било на владеачката класа било на сврзаните во Македонија туѓи интереси. Дури Илинденското востание, нај големото и најмасовно движење не можеше да се надева на европското општествено мислење и на меѓународната дипломатија за да го разреши македонското прашање. За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер, која да се ослони на своите сили, за извојувањето на македонската слобода не можеше и избор да станува.\nРезултатот од европската интервенција, после Илинденското востание, изразен во лицемерните реформи, управени побргу да го заздрават и укрепат турското господство во Македонија, отколку да ја родат нејзината слобода, го разочара македонскиот народ. Тоа разочарување го засили струењето во редовите на ВМРО, која се надеваше на ослободителната мисија на малите балкански држави и затоа ги управуваше своиле сили за да ја предизвика нивната војна интервенција. Балканската војна, која заврши со разделба на Македонија во Букурешт во 1913 година, и потоа општоевропската војна, со нејзините париски договори, кои го искинаа живото тело на Македонија и ја поделија меѓу балканските држави што ја заокружуваа, ја убија до крај верата на македонскиот народ во ослободувачката мисија на интернационалистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878), Букурешкиот (1912) и париските мировни договори од 1919 година го убија и најпоследниот неверни Тома, дека како големите така и малите држави водат своја егоистичка политика, поради која слободата и постоењето на Македонија може да биде само монета за разменување.\nОд тоа следува, дека додека тие држави се раководат од владите, кои ја поткрепуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие договори, или со други зборови, додека во нив не се воспостават влади, кои ќе создадат своја надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоопределување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа од нив за својата слобода.\nПреценувајќи го основно тој историски обиид ВМРО доаѓа до тврд и најпоследен заклучок, дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да се надева само на крајните прогресивно – револуционерни движења во Европа, што се борат против империјалистичката политика на своите влади, против тогашните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓите народи. Ете зошто ВМРО изјавува дека во интересот на македонската слобода таа ќе ја даде сета поткрепа на оние кои на балканската земја се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, управуван било директно или преку владите на балканските држави.\nНо владите на балканските држави се јавуваат не само како орудија на европскиот империјализам, тие спроведуваат и своја сопствена националистичко – завојувачка политика. Македонија, исцрпена од петвековното ропство, опустошена од три војни, денеска одново е поробена и поделена меѓу трите балкански држави: Србија, Грција и Бугарија.\nОд владите на балканските држави ниту една не мислеше за ослободувањето и обединувањето на распарчените делови на Македонија, ниту една од нив не мислеше да нстојува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица, ниту една од нив не сакаше да ги даде предвидените права по договорите на поробените Македонци, кои им ветуваат културно развивање, како национално малцинство. Поради тоа ВМРО е принудена да изјави, дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска на слободното и самостојно политичко постоење на Македонија и дека таа најрешително ќе се бори со сите средства на револуционерната борба против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ.\nЗа да се избегне секакво неразбирање и нејасност ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезаинтересира од внатрешната и надворешната политика на балканските држави, а особено на Грција и Бугарија, кои што управуваат со цели делови од територијата и населението на Македонија.\nПо однос на Грција ВМРО ќе се бори против секаков обид за враќање на монархијата – најсветлиот изразител на ултраимперијалистичката грчка политика и против секаква грчка влада, која ја подржува денешната разделба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и со сила го изменува неговиот етнички состав, го протерува месното население и го заменува со грчки преселници од Мала Азија и Тракија.\nПо однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори без разлика на партии против сите белградски влади, кои ја поткрепуваат со сила денешната српска политика на централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ, туку и на народите во Хрватска, Босна, Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија, Далмација; уште повеќе дека таа политика, поткрепувана од некои европски држави е управена кон нови завојувања за сметка на Албанија, Бугарија и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните борби на Југославија таа решително ќе застане на страната на сите угнетени народности, кои се борат против белградските влади – за демократска централизација и федеративна реорганизација на Југославија.\nПо однос на Бугарија ВМРО изјавува дека, и покрај сите жртви, кои бугарскиот народ ги дава и е готов да ги даде за слободата и независност на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во размер на чувствата и интересите на сопствениот свој народ, води една јавна противмакедонска и противбугарска политика, политика јавно србофилска, која не само ја овековечува делбата на Македонија, но подготвува и нови поделби на Балканот за сметка на Македонија. Таа ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Бугарија, Грција и Тракија, дека белградската влада, ослонета на своите договори со некои европски држави за поделбата на Хрватска, Албанија и Грција, се подготвува да ја рашири својата завојувачка политика кон Солун, и ја подбуцнува софиската влада кон Кавала заплашувајќи ја во противен случај дека ќе ги окупира бугарските градови Перник и К’устендил.\nВладата на Цанков беше полакомена од тие империјалистички перспективи, потстрекнувани од белградските сирени. Таа се зафати да ја уништи ВМРО и македонското револуционерно движење, кои се јавуваат како најсериозна пречка за постигањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвуваше и распируваше граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафати со уништувањето на ВМРО.\nЗатворањето на неколку стотини Македонци во Бугарија, осомничени за соучесништво или учество во македонското ослободувачко движење; забранувањето на сите печатни легални весници на емиграцијата во Бугарија, кои го заштитуваа ослободувачкото дело на Македонија; спремноста на софиската влада да ги пречисти сметките со највидните дејци на македонското ослободувачко движење, за да ги уапси и предаде на Србија, очевидно како поткупувачка жртва на нов курс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните очебијни докази за престапната политика на софиската влада.\nВМРО го разбра причинителот на таа српско-бугарска политика. Слабоста на белградската влада во државата ја принуди да ги жртвува интересите на хрватскиот народ во полза на Италија – Фиуме (Ријека) и Јадранското море и да тражи компензација за сметка на Албанија, Бугарија и Грција (Македонија). А внатрешната слабост на софиската влада ја клава во незгодна положба да се противопоставува на белградските заплашувања и пред опасноста за окупацијата на Перник и Ќустендил од Србите, таа се спрема да стапи на доброволна соработка со српската настапувачка политика кон Солун, надевајќи се самата да биде конпензирана со Кавала. По таков начин се жртвуваа интересите не само на Македонија и Тракија, но истовремено се заплашуваа интересите на Бугарија, Југославија и сите балкански народи.\nОсновната причина за слабоста на софиската влада тоа е нејзината изолираност, отцепеност од народните маси и непријателството спрема нив. Борејќи се за запазувањето на власта во свои раце по секоја цена и ненаоѓајќи никаква потпота во народот, за да се воспротиви на српската таа се мачи, во соработка со неа, да ги спречи опасностите, кои висат над Бугарија, и да ја фрли земјата во нова авантура, само и само да постигне некој привремен успех, со кој да го зајакне своето расклатено положение внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува интересите на македонскиот народ како и на бугарскиот. Таа беше принудена да управува во својата внатрешна политика со терор, суспендирање на сите конституциони гаранции, таа беше принудена да ја суспендира слободата на зборот, печатот, собранијата и здружувањата, да растура цели кооперативни организации и политички партии; таа беше принуденна да откажува потслон на политички бегалци од Македонија.\nПри таа положба ВМРО ја објавува политиката на владата на Цанков за непријателска на македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа. Тие треба да дадат поткрепа само на една таква влада во Бугарија, која базирајќи се на широките народни маси од градот и селото, нема да има потреба од терор и специјални закони во својата управа, нема да прибегнува кон суспендирање на дадените гаранции за една вистинска народна и демократска управа и која ослонувајќи се на довербата на масите од слободољубивиот демократски и нешовинистички бугарски народ ќе може да ги даде неопходните средства за борба против завојувачката политика на соседните држави, без да се плаши дека тие средства ќе бидат управени против нив.\n''Само во образувањето на една таква влада во Бугарија ВМРО гледа гаранција за понатамошниот развој на својата револуционерна борба за слобода и независност на Македонија и за политичка независност на сите балкански народи.''\nОцртувајќи ги во општи црти односите кои државните фактори во општоевропската и балканската политика ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерна борба:\n1. За ослободувањето и обединувањето на испокинатите делови на Македонија во една потполно независна и самостојна политичка единица во нејзините природни, географски и етнографски граници.\n2. За демократизирањеето на соседите на Македонија – балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на Независна Македонија и независноста на останатите балкански народи, да ги задоволи културните и економски интереси на сите балкански народи, сврзани со исходот на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така и да го гарантира правилното разрешување на сите национални несугласници и го обезбеди културното развивање на сите етнички малцинства.\nВМРО изјавува дека во својата борба за Независна Македонија и Балканска Федерација, таа се надева пред се на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на работничките маси во другите балкански држави. А доколку успехот на нејзината ослободувачка револуционерна борба зависи од меѓународната положба ВМРО се надева пред се на моралната и материјалната поткрепа на прогресивно – револуционерните движења во европските држави што се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против империјалистичките мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите.\nПо таков начин ВМРО раскинува сосем со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на балканска федерација од интервенцијата на балканските шовинистички и европските империјалистички влади.\nСо тоа ВМРО ја прави првата и најрешителна стапка за создавањето на необходната поволна атмосфера за брзото свикување на еден Обединителен конгрес на целото револуционерно македонско движење, на кого со усилбите на сите искрени македонски револуционери ќе треба да се создаде Единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивни револуционерна движења на Балканот и во Европа, ќе извојува слобода и независност на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканска Федерација, ќе го осигури мирот на Балканот за да помогне да се установи мир во цела Европа.\nИ така сите напред во редовите на македонската револуционерна борба!\nДа живее Единствениот револуционерен фронт!\nДа живее Единствениот балкански револуционерен фронт!\nДа живее обединета и независна Македонија!\nДа живее Балканската федерација!\nВиена, 5 мај 1924 год. За ВМРО Централен Комитет\nЗа Тодор Александров и по неговото полномошно\nИстовремено со изработуувањето на Манифестот се изработи и една декларација на македонската парламентарна група во бугарскиот парламент, која се состоеше од Каранџулов и Д-р П. Кушев, од Неврокопска околија. Сребрен поп Петров, М. Маџаров и Хаџиев од Петричка изборна околија, Коста Николов, Михаил Манев и Антонов од Горно Џумајската изборна околија – кои учествуваа во XX обично собрание. Со таа декларација се одречува владата на Александров, Цанков како противнародна и не и’ се дава доверба. Декларацијата е напишана во духот на договорите и принципите, влезени во неа и идеите на Мајскиот Манифест. Таа е дадена во книгата „Измениците на македонското дело“ под факсимил бр. 5, напишана своерачно од Алексанров и луѓето на ЦК на неговата ВМРО.\nТреба човек да ја познава биографијата на сите предложени пратеници на македонскиот народ од Пиринска Македонија, за да се има претстава за сето она, кое стана како повод за случениот договор меѓу Александровата ВМРО и федератистите на д-р Атанасов. Тие „пратеници“ беа највулгарните шовинистички советници на царскиот агент Тодор Александров, кој оддан на својата амбиција, во своето замешување во акцијата на „воените“ на 9 јуни 1922 година, која тој без основа ја сметаше за своја, - ете на тие пратеници, Александров не можеше да им натури една таква декларација со аргументи, несовмесни со нивната поткупувачка природа, со нивниот вртоверски менталитет на предавници на македонското дело. Сепак тој беше патот на Александров да го натури конкретното, кое се наложуваше од општественото развивање на македонските маси под уплив на Октомвриската револуција, Александров беше ги клал тиие маси со разврзани раце од буржоазијата и круната, но тој и покрај тоа виде, дека масите го избраа баш тој пат – пат кој се одбележи во Мајскиот манифест. Затоа и нему му се наложуваше да го свитка вратот на пратениците, што тој ги испрати во бугарскиот парламент, побугарени Македонци, или да погине за идеите, одбележани во Мајскиот манифест; и тогаш тој ќе си го определи достојното место на водач на македонскиот народ, затоа што со својата смрт на дело би ја помогнал неговата револуционерна борба и таа смрт би била завет да се следува неговиот пример.\nСкршнувањето на Тодор Александров би бил остер нож забоден до дршката во грбот на деветојунците, но Александров не се покажа стрплив, поради кое и неможеше да ја исполни својата амбиција за да се освети на оние, што ги доведе до министерските фотељи и што тие му останаа неблагодарни.\nКруната и деветојунците, од своја страна, започнаа да гледаат во лицето на Александров опасен за нив ренегат. Поради тоа тргнаа по неговите стапки и ги земаа на своја страна сите негови довчерашни заштитници, кои го шпионираа. Согласијата во Виена и изградувањето таму на Единствениот македонски револуционерен фронт и Еднинствениот балкански фронт, ја узбуни не само бугарската буржоазија, но и меѓународната, а првенствено империјалистичките држави, кои си беа определиле свои политички и економски сфери на Балканот. Не се однесуваше за премавнувањето на Тодор Александров а за премавнувањето на целиот револуционерен кадар, кој стоеше на чело на македонските во лево ориентирани скршнати маси. Затоа, како омилени деца на реакцијата во Бугарија, Тодор Александров и Александар Протогеров, можеа лесно да бидат проагитирани и вратени од тој нов пат, непријателски на нивните завојувачки интереси, непријателски на господарството на буржоаската класа, за доаѓањето на власт, на која тие двајца верно и беа служиле. И кога Тодор Александров и Александар Протогеров се вратија од Виена, агентите на буржоазијата и круната влегоа во допир со нив и ги натераа да се откажат од потписите ставени на документите од согласието и за изградувањето на Единствениот македонски револуционерен фронт. Но буржоазијата и круната и после тој успех не можеа да се помират со нив и подло ги убија.\nЛегендата зборува дека тодор Александров е убиен уште при неговото враќање од Виена во Софија и однесен во Пирин и таму исфрлен, со цел да се сокрие местото и начинот на неговото убиство. Но тоа не е најважно. Најважното во замислата на убиството е заверата, извршена спрема македонските дејци, последователи на Делчев од страна на бугарските власти, кои го убија Тодор Александров и неговото убиство го земаа како претекст за отепувањето на македонските револуционери. Планот за убиство на Тодор Александров и разгромувањето на нивната ВМРО, која беше скршнала во лево и го прими принципот на Мајскиот манифест се изработи во Министерството на војната под директно набљудување на царот. Иван Михајлов заедно со министерот на војната – генерал. Иван В’лков. Тие ги определија лицата кои требаше да се убијат и формираа терористички групи за целта. Формираните групи ги испратија во провинцијата, да ги очекуваат определените жртви. Во планот за убиствата беа ставени и сите прогресивни илинденци и раководството на Илинденската организација, која се состоеше Георги Занков, Славчо Пирчев, Александар Ефтимов, Владислав Георгиев, Михаил Чаков, Петар Ацев од контролната комисија: Славчо Ковачев и од редакциониот одбор Арсени Јовков, Ангел Динев и Димитар Аговски.\nВклучувањето на Илинденците во планот за отепувањето на македонските револуционери беше предизвикано од јавните симпатии, искажани од тие спрема делото на обединувањето, извршено во Виена и идеите публикувани во Мајскиот манифест. Редакцијата на в. „Илинден“ во Софија го публикуваше Мајскиот манифест,кој беше забранет од владата на Александар Цанков. Посебно од тоа, раководството на Илинденската организација излезе со еден свој Меморанум до бугарската влада, со кој се напомнуваше на бугарската влада, дека таа ја подржува политиката за разделба на Македонија, дека во таа земја Македонците што нашле пречек остануваат гости и не треба да се прави над емиграцијата никаков притисок за примањето непријателски однос по однос на ослободителното дело на Македонија, и дека емиграцијата ќе ја прими идеата за слободна Македонија и создавање на балканска федерација, која ќе тури крај на делбата на Македонија и аспирациите на сите балкански држави спрема неа, за да престанат сите балкански взаимни расправии.\nЗа исполнувањето на изработениот вартоломејски план по повод убиството на Александров се зазеде министерот Стоенчев од деветојунскиот кабинет на Цанков, кој во Св. Врач се сретна со неговите бивши ординарци, во време на европската војна, Штерју Влахов и Димче Вретенаров и ги заврбува за екзекутори на Тодор Александров. Позади завесата стоеше другарот на министерот Стоенчев – генерал Протогеров, кој создаваше психологија за убиството на Тодор Александров. И двајцата беа бивши луѓе на Фердинанд и на генерал Цончев и учествуваа во борбите во Македонија против внатрешните чети. И двајцата се биеја со Македонците, и двајцата беа разоружани од македонската милиција и четниците на Сандо Китанов, Сандански и Чернопеев. Ако Протогеров не беше на дното на заверата за убивање на македонски револуционери и ако тој не го измамуваше Алеко паша, последниот немаше да седи во Горна Џумаја и да го опсадува милицијата и војската. Проектираното советување во Горна Џумаја за убивањето на сите македонски дејци заверениците од Министерството на војната В’лков, Михаилов, Стоенчев, Протогеров свикаа состанок во Горна Џумаја од името на ВМРО на 12 септември 1924 година, на кој беше повикано и раководството на Илинденската организација. Поканувањето на Илинденците, божем станало со согласност на самиот Протогеров, кој го имаше своето влијание кај бугарските офицери, како лакеј кај цар Борис и кој ја гарантираше слободата на свиканата конференција. Поканата на Илинденците беше испратена преку Иван Михајлов, кој тогаш беше началник на терористите во Софија на александровската ВМРО. Раководството на Илинденците веднаш одговори на поканата и веднаш отпатуваа во Горна Џумаја. Но на таа јадице не се фатија луѓето на Димо Хаџи Димов од Софија, иако беа сите поканети и напишани поединачно, никој не беше излажан. Планот на заверата за убивањето на револуционери мајсторски беше изработен и уште помајсторски применет, за да има резултат во разгромувањето на ВМРО, која тргна во лево – водена од Алеко паша и од неговиот помошник полковник Атанасов, кои беа во непрекинати и пријателски врски преку Димо со нас, неговите луѓе. Луѓето на Димо Хаџи Димов беа: Христо Јанков, Ангел Динев, Доне Попчето, Ангел поп Василев, Црвенковски, Гоце Грков, Милан Ангелов и Крсто Гермов (Шакир). Луѓето на Димо Х. Димов ги одбележуваме поради тоа дека луѓе како Стефан Аврамов и Христо Калајџиев си позволија да парадираат дека божем биле другари на Димо Х. Димов. Тоа е лага. Овие бесрамни луѓе сакаа со тоа да си дадат важност во партијата полнастепената промена на 9 септември 1944 година. Да не се залажуваме. Треба на секого да му биде јасно, дека сите тие политички убиства по повод убиството на Тодор Александров во септември 1924 година во Горна Џумаја и во Пиринска Македонија станаа со знаењето и со согласието на Александар Протогеров.\nКлањето во Горна Џумаја се изврши со цел да се нанесе смртоносен удар на македонските маси што тргнаа во лево, да се убијат нивните водачи, за да се запази Балканот за влијанието на фашизмот, кој тука за прва пат ја пројави својата крвава природа со успешниот военен преврат извршен на 9 јуни 1923 година, кога фашистите успеаја да ја симнат од власта демократската влад на Александар Стамболиски.\nТоа е основната линија на фашистичкатаа политика, со која стануваа политичките убиства во Бугарија и клањата во Горна Џумаја и цела Пиринска Македонија. Друг одговор на прашањето зошто тие стануваа нема. Треба да се спроведе нова ориентација на работните маси. Шпионите разбраа и реферираа дека на 9 април 1924 година признатиот ЦК на ВМРО во септември 1923 година од раководството на ЦК на БРП(к), во лицето на Тодор Александров и Александар Протогеров тргнал во лево и ја потпишал декларацијата за единствената македонска револуционерна организација и за единствениот општ балкански револуционерен фронт. Другото се знае. Фашистичката влада на Александар Цанков се собра на заседание и ги разгледа мерките, кои требаше да се преземат против вчерашните нивни контрагенти и завереници, против селанската влада на Александар Стамболиски. За таа цел таа најпрвин ги предупреди и тие се откажаа од ставените потписи на историските документи во Виена. Но тоа не даде никаква гаранција. Фашистите ја знаеја нивната бескарактерност. Тие немаа вера во нив, оти двајцата се политички разклатени луѓе. Заканувачките писма до генерал Русев, кој тогаш беше министер на внатрешните работи, стоеја во тајната архива на Министерството како документ на возбуда и ненаситна желба за власт на Александров, кога тој во идниот месец на ноќниот вооружен фашистички преврат на 9 јуни бараше без пречки по сите затвори во Бугарија и Пиринска Мкаедонија, земаше луѓе и ги убиваше кога и каде тој сакаше. Тој садист беше ненаситен. Но тој не можеше да разбере, дека неговата сила се состоеше во правото дадено од самата деветојунска буржоазија да зема и коле луѓе кога тој сакаше, и дека политичката положба за него беше изменета.\nЗаканувачките писма ја карактеризираа во Александров нервозата што настапи од настапените нови политички услови. Тој беше контрактувал со буржоазијата до симнувањето на владата на Стамболиски, после кој датум таа му заврте грв. И затоа и нејзината влада требаше да го убие, иако се беше ветил дека се откажува од неговиот нов правец. Протогеров беше согласен со ликвидирањето на Александров, кој во согласност со министерството на војната закажува конференција на илегални и легални македонски дејци во град Горна Џумаја за разменување на мисли за идната дејност на македонските револуционери и новата ориентација, за заздравувањето на општиот балкански револуционерен фронт и борба за балканска федерација. За таа конференција беа повикани сите околиски војводи од Пиринска Македонија, раководството на Илинденската организација и групата на Димо Хаџи Димов. Меѓутоа уште на 10 септември 1920 година министерот на војната, Генерал Иван В’лков, испрати војни формации за зајакнување на гарнизонот во гр. Горна Џумаја. Освен тоа со согласието на генерал Иван В’лков отпуштени беа лимузини и камиони за превезување до гр. Горна Џумаја на неранимајковци, разни четници и агенти од Неврокоп, Петрич Разлог и други градови, кои дојдоа во Горна Џумаја и беа спремни да ги извршат колењето.\nНа 11 септември 1924 година допатува Кирил Дрангов и Панче Михајлов, кои беа определнеи да го убиат Алеко паша, за да биде тоа сигнал за убивањето на сите илегални, кои се наоѓаат во градот, ориентирани во новите правци во борбата за ослободувањето нна Македонија. По тоа време во Горна Џумаја се наоѓаа наоружени и на ратна нога, посветените во заверата лицата Јордан Г’урков, Васил Шалдев, Перо Шанданов, Пецо Трајков и др.\nНа 12 септември дојдоа раководителите на илинденската организација Георѓи Занков, Петар Ацев, Арсени Јовков, Михаил Чоков и Владислав Георгиев. На многукратните настојувања на Алеко паша да дојдат Димо Хаџи Димов и неговите другари Ангел Динев, Славчо Ковачев и Ангел поп Василев, Димо Хаџи Димов смело изјави дека тоа е состанок на кој ќе се изјасната пред се катилите од тајфата на Александров и Протогеров. Меѓутоа никој не се сомневаше ни во каква опасност за клање, инаку Илинденците немаше да отиднат.\nНа 12 септември 1924 година се одржа првото собрание. После размена на мислите присутните рано се разотидоа, по причина што не беа дојдени Илинденците. Малку подоцна после разотидувањето на делегатите, Панчо Михајлов и Кирил Драганов се вратија во куќата на Алеко паша, божем имаат нешто да му зборуваат и го застрелаа. Во тоа време на улицата пред куќата на Алеко паша се појави група милицајци и поставија митралези. Уште од 8 саатот па до вечерта на 12 септември градот Горна Џумаја беше опсаден со кордон војска и полицајци, кои не позволуваа никој да влегува и излегува вон од градот. Три вооружени терористички групи со по два полицајци крстареа низ градот. Едната беше на анархистот Асен Даскалов, другата на архистот Г’орѓи Тихоџ, а третата беше предводена од Кирил Црниот. Првите сигнали против Алеко беа сигнали за убиства. Една група убијци се упати кон домот на полковник Атанасов, кого го сметаа дека и тој тргнал во лево, пукаа по него, но не можеа да го убијат, затоа што тој на огон одговори со огон. По улиците на гр. Горна Џумаја на 13 септември полицајците и терористите, кои дејстуваа заедно, убиваа кого ќе сретнат. На прво место беше убиен војводата Георги Коларов, потоа полковникот Георги Атанастов, Георги Гевгеличето, Димитрето и браќа Екешански. Од Илинденците беше ранет во нога Петар Ацев, а Арсени Јовков беше фатен и надвор од градот беше убиен. Градот Горна Џумаја остана опсаден уште неколку дена. За Мехомиско на моторбицикли беа испратени војници и терористи. Убиени беа Георги Ковачев, Георги Пенков и Александар Бујнов. Една команда влезе во Петрич и го зема и го уби Методи Алексиев кој седеше во читалиштето. Истата команда во текот на тој ден ги уби Георги Манолев, Петар Говедарчето, Петар Балкански и др. Во текот на денот 13 септември на секаде во Пиринска Македонија, одделни командири од терористи извршуваа убиства над санданисти и стари македонски дејци, кои не ја признаваа бандата на Тодор Александров и Александар Протогеров, наречена ВМРО.\nПо изработениот план од министерството на војните, а откако ќе биде убиен непотребниот за нив Тодор Александров, тоа убиство да се припише на левицата на ВМРО, на чело со Алеко Паша, кој беше бивш санданист и да се убијат омразените од дворот и буржоазијата санданисти.\nНа тој ден во Софија (13 септември) беа убиени Димо Хаџи Димов, Славчо Коваче и Ангел Василев. На тој ден терористот Кирил Дилиманов демонстративно откажа да го убие Ангел Динев. Во Пловдив го убија Чудомира Кантарџиев, во Станимака Скрижевски. Убиствата продолжуваа. Ги бараа и убиваа македонските револуционери.\nБесниот поход на фашистите против македонските револуционери продолжи долго време. Од министерството на војната беше испратен убиец за министерот Рајко Даскалов, кој беше убиен во Прага. Фашистите испратија убијци и за Петар Чаулев и Тодор Паница. Фашистите го исчистија политичкиот терен на Балканот. Убиствата се потстрекнуваа и одобруваа од ревизионистичките противници на Версајскиот мировен договор, а и победниците не реагираа на канибализмот на бугарските фашисти, кои со полицијата и војската ги опсадуваа селата и градовите, ги фаќаа и убиваа видните македонски револуционери, прогресивни луѓе и сите приврженици на новата ориентација.\nУбиствата на македонските револуционери за реакцијата беа нова победа после успешниот извршен воен преврат од царот и деветојунците и симнувањето на земјоделската власт. Тој удар беше поволен и за големосрпските шовинисти и реакционери, кои го одобруваа настанот и даваа возможност на фашистичката реакција во Бугарија во спокојство да убива, затоа што со тоа се ослабуваше македонското револуционерно движење, опасно како за големосрбите, така и за големобугарите.\nИстовремено, со убиствата, започнаа да се редат и фалсификуваните панфлети како книгата „Заверата против Тодор Александров“ и др. кои имаа за цел да ја сокријат вистината од очите на народот за убиството на Тодор Александров и клањето во врска со неговото убиство. Пишувањата имаа за цел да се создаде омраза кај бугарскиот народ и кај сите Македонци, кои ја носеа својата национална свест. Отепаните беа маркирани како завереници против животот на Тодор Александров и дека тоа стана божем од неговите другари кои се осветуваа и бранеа.\nФашистите испратија убијци и против Петар Чауле, кого го убија во Милано, и против Рајко Даскалов кого го убија во Прага, и против Тодор Паница, кого го убија во Виена. Секое убиство психолошки беше подготвено. Убиениот се сметаше како предавник на бугарските национални идеали, како предавник на својата нација и шпион. Тогаш околу така наречениот „Македонски национален комитет“ се групираа една цела група лажни псалмопевци на чело со предавникот на својата нација Јордан Бадев, кој ја напиша книгата „Заверата против Тодор Александров по порака на Министерството на војната, како би се оправдале убиствата.\nЛуѓето од македонскиот национален комитет викаа: ''Осана'', а тоа беше потстрекувачки курс на убијците. Млади Македонци кои беа направени Бугари и волци, отруени со големобугарски шовинистички разбирања на македонското прашање, опашани со парабели, јавно крстареа низ софиските улици, и во провинциските градови на Бугарија сееја страв на населението, ангажирајќи го по таков начин македонското име и македонската национална чест. Луѓето гледаа дека се вршат убиства над Македонци од самите нив, но не можеа да разберат какви беа тие политички убиства. Теророт не го уби сознанието на народот. Исто така лажните пишувања не можеа во цело да ја измамат македонската емиграција и македонскиот народ. Општеството набргу разбра дека убиените не се завереници за убиството на Тодор Александров, туку дека е тоа завера против македонските револуционери, за да се отсече главата на борбата на македонскиот народ за своето ослободување.\nВо очебијното скршнување на Тодор Александров, невозможно беше да се прави завера од луѓето на Димо Хаџи ДИмов, сите одбележени и убиени како завереници. Длабоките причини за убиството на Тодор Александров ќе ги бараме во таборот на оние, кои со крвав поход ја земаа власта. Ништо чудно нема во тоа, што деветојунците го отепаа својот добар џелат. Тој џелат, после паѓањето на Стамболиски, во својата желба наполно да ја подели власта, се каприцираше и стануваше се подрзок и побрутален спрема некои од министрите на деветојунскиот кабинет.\nСилните противречности во таборот на деветојунците заплашуваа со експлозија. Потребен беше сигурносен вентил. Тодор Александров почна да станува непријатен. Да го отстранат од таа должност не можеа, освен да го убијат. И цар Борис го бараше тој вентил, за да не дојде до сомнение дека е тој виновен за убиствата. Царот сакаше да се убие Александров. Планот се изработи позади завесата за премавнувањето на разбојникот, непотребен веќе на царот и деветојунската власт. Разбојникот го премавна својот потчинет разбојник. Царот преку генерал В’лков, Стоенчев, Протогеров, изработи свој ѓаволски план. Тодор Александров верен лаќеј на царот воспитан во покорност, но истовремено во шовинистички дух, не можеше да ја познае природата на царот. Исто како разбојникот Дојно Белев, тој само поздравуваше пред него и езусловно ги исполнуваше неговите наредби.\nЗа да го подготват психолошкиот терен за убиството на Тодор Александров, тие кои се ползуваа од неговите крвави работи, кои наполно ја изучија и ја познаваа неговата крвава природа, изјавија дека во лицето на Тодор Александров не гледаа општественик и револуционер, а мародер, џелат и разбојник. Пред коресподентот на еден странски весник министер – председател од деветојунскиот кабинет, проф. Александар Цанков, нервозно изјави: „Ме прашате кој и каков е Тодор Александров? Добро, пишувајте: „Глава, наполнето со злоба, грандоманија, бесен шовинизам, рутина. И ништо повеќе“.\nКарактеристиката е полна. Но тие не го убија заради неговиот бесен шовинизам. Со своите истапи, а тие не беа помалку од него бесни, помалку грандомани и помалку шовинисти и без малку рутина. Тие го убија за тоа што не им беше веќе потребен, затоа што наполно го научија неговиот занајат. Тие кобни луѓе, кои што го убија, го очуваа во тојна неговото убиство цели тринаесет дена, за кое време технички ги подготвуваа убиствата на македонските револуционери и тие од Александровата ВМРО, кои сами го осудија својот шеф за мешање во бугарскиот политички живот и за извршените убиства по негова наредба во јуни и септември. Самиот деветојунски печат пишуваше дека убиството на Тодор Александров е дело на неколку комунисти Македонци и дека останатите верни луѓе на Тодора казнуваат и се светат за него.\nНо ние веќе кажавме, кои и зошто го убија Тодора Александров.\nУште во времето на убиството ние си го поставивме прашањето: зошто тие го убија Алеко – Паша, а не му позволија да остане жив, за да каже што знае за убиството на Тодор Александров. Во книгата „Заверата против Тодор Александров,“ напишана од Јордан Бадев, се кажува дека полковник Атанасов бил еден од заверениците, тогаш се прашува, зошто убијците на Атанасов не го прашаа Атанасов кој го уби Тодор Александров, а изнендада го убија? Како физички убијци беа оптужени Штерју Влахов и Димче Вретенаров. Тие беа опкружени од војската во с. Препеченце, Св. Врачко, во една куќа. Се прашува: зошто не ги фатија, за да ги прашаат за убиството на Тодор Александров, да чујат нешто од нив како стои прашањето за убиството, но ги запалија во куќата, а заедно со нив и вистината, која не ја рекоа. Внатре во Горна Џумаја убијците на Тодор Александров располагаа со војска и можеа да ги фатат сите убиени и да ја разоткријат вистината за убиствата на Александров, а вместо тоа војската седеше неутрална во касарната, а внатре во градот се вршеа убиствата со поткрепа на административните полициски органи. Очебијно е што тие, кои го убија Тодора, тие истите вршеа убиства по план, при „благородниот неутралитет“ на војската.\nНе мина многу време, настапи разочарување кај некои од четниците, кои учествуваа во убиствата. Војводата Панчо Михајлов, кој предвреме ја разбра длабоката суштина на заверата, после кусо време се најде убиен во една од софиските улици. Цицонков, убиецот на Рајко Даскалов, разбирајќи ја измамата,уште при враќањето од Прага, после процесот веднаш се обеси. Анархистот Асен Даскалов, кој фрли бомба против земјоделските министри, ја намириса и ја разбра суштината на заверата, патувајќи за Пловдив беше убиен во возот. Од двајцата другари на Панчо Михајлов, едниот беше убиен а другиот многу го биеја.\nПодоцна кога противречностите на внатрешната и надворешната политика на деветојунците кои управуваа – а наречени “Демократичен договор“, кога тие противречности се задлабочија и кога падна убиен и генерал Протогеров, му стана јасно на целиот народ дека еден ученик на Тодор Александров, неодговорниот садист – Иван Михајлов, во сојуз со другите неодговорни, за сметка и во интерес на договорната власт – респективно за интересите на цар Борис го уби својот учител по садизам Тодор Александров и го инсценира клањето во Горна Џумаја, а исто така по градовите и селата од изработениот план во министерството на војната.\nТаа трагична и толку престапна крвава ваханалија има свои длабоки причини, кои се состоеа во интересите добиени со деветојунскиот преврат. Деветојунците се тресеа од мислата за паѓање од власта. А имаше јавни истапи, дека дошол крајот на нивната незаконска власт. И покрај тоа што клањата, извршени во јуни и септември 1923 година, народот иако подгрбен и угнетуван, не ја изгуби вербата во своите сопствени сили. Како јавни протести за тоа беа организирањето на Единствениот фронт на работниците и селаните од градовите и селата за борба против крвавата „заговористка“ власт. Тоа вриење кај деветојунците идеше от создадениот Единствен фронт и од фактот што македонските маси сосема се ориентираа кон македонскиот централизам и федератизам и прекинаа сите врски со срамното контраагенство со големобугарите кои сакаа да се реваншираат со великосрбите и великогрците за сметка на Македонија. Баш тука се кријат причините за скршнувањето на Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев, кои беа членови на лажната автономистичката ВМРО, создадена после Првата светска војна од нив, со сосем немакедонски задачи и цели.\nНо во редот на мислите треба да се запрашаме, искрени ли беа Тодор Александров и Александар Протогеров, во своето скршнување кон идеите на македонскиот централизам и кон идеите кои ги содржеше ''Мајскиот манифест''?\nЕте го прашањето на кои ние ќе треба да се задржиме за да го разбереме чувството кое преовладуваше, разбирањата и односот на двајцата бивши царски лакеи, кои во последните борби од Првата светска војна успејаа да заблудат еден дел од бившите македонски дејци и прикрпија една конспиративна формација, која ја нарекоа ВМРО и во чие што име дејствуваа. Не, никогаш не треба ни за момент да се излажеме во искреноста на нивното скршнување. Тие не направија никакво скршнување, а тргнаа по општото расположение и течение на македонските маси, како се не би одвоиле од нив и при даден момент да го свртат кормилото на нивното движење по својот врховистички пат, од една страна, и како водачи да ја демонстрираат својата важност пред буржоазијата и царската круна, која им заврте грб, од друга страна. Тие дојдоа во таква положба што не им остануваше ништо друго, освен, како што погоре кажавме, да појдат во лево или пак да се самоубијат. Тоа нивно „скршнување“, беше игра со огон, во кој изгореа.\nТаа нивна измама спрема своите довчерашни господари има своја кратка предисторија, на која ние ќе фрлиме светлина. Во Виена Тодор Александров и Александар Протогеров беа придржувани од проф. Милетиќ. Тој миленик на фашизмот, како и двајцата, сакаше одблизу да ги следи преговорите за формирањето на Општиот балкански револуционерен фронт на национално и социјално угнетените народни маси. Милетиќ беше еден од најблиските и најодговорните советници на Александровата ВМРО. Во Виена тој најбргу од сите дозна за постигнатиот споразум на македонските револуционери и за создавањето на ВМРО (обединета). Проф. Милетиќ, со завидна предусетност, набргу можеше да го оцени значењето на балканскиот револуционерен фрон, кој се формира во Виена, и прв го предаде на меѓународната реакција. Проф. Милетиќ со благонамерен предлог да се бараат пријатели со истакнати Англичани, го одведе Тодора Александров и во Лондон, и таму јави на Интлиженс Сервис за настанот во Виена.\nТоа соопштени предизвика паника во некои кругови во англиското општество. Тогаш во Софија пристигна специјален пратеник на Интелиженс Сервис и ја предупреди деветојунската „заговористичка“ власт на која и’ обрна внимание за последиците од настанот во Виена.\nКога го тоа дознаа, деветојунските управници сериозно се загрижија за опасноста која ја заплашуваше нивната крвава власт. Во скршнувањето на Тодор Александров тие видоа опасна измена спрема добро разбраните нивни деветојунски интереси. Од страна на Тодор Александров и Александар Протогеров тие очекуваа сопротива против левите и оние кои почнаа да одат во лево елементи на ВМРО. Напротив тоа за нив значеше фронт и симнувањето од власта.\nЕте по тие причини деветојунците, сериозно замислени, решија да ги расчистат сметките со ненаситниот Тодор Александров, кој иако не искрено ги прими идеите на Манифестот, практички стана неподнослив за понатамошното контраагенство со нив.\nДеветојунците разбраа што може да излезе од една самостојна ВМРО. Тие јасно гледаа дека скршнувањето на Тодор Александров и Протогеров не доаѓа од промена нивните убедувања, односно од карактерот на македонската борба, а оттаму што тие претендираа за учествување во власта. Деветојунците оценија дека тие претендирања не можат се така безгрижно да бидат задоволувани, без ризик да се ослаби единството на буржоаската власт и без да се даде политички одговор во странство за произволните убиства во Бугарија.\nИстовремено, кога деветојунците ја разбраа новината и се собираа и разменуваа мисли за тоа, во „Илинденската организација“ дојде „мајскиот манифест“. Тој манифест се отпечати во весник „Илинден“ и во неколку илјади примерци одделно. Владата еден дел од него конфискува, но Илинденците отпечатија и друго издание. Публиката за новоста беше жадна и бараше да го прочита тој ''мајски манифест''.\nНа 2 август 1924 година Илинденската организација во Софија, на денот од годишнината од Илинденското востание, спроведе широка манифестација низ софиските улици. Тоа страшно ја разлути реакцијата. Владата се уплаши од тоа нараснато влијание во емиграцијата на Илинденската организација и замисли удар против неа. Сознавајќи ја узбуната во круговите на владата, Тодор Александров и Александар Протогеров побрзаа да се одкажат од потписите, кои ги кладоа на договорот за формирањето на Балканскиот револуционерен фронт. Но владата веќе не им се довери. Таа ги виде дека одат работите и таа презеде мерки за да ја спаси својата крвава власт. Со собитијата во јуни и септември на 1923 година бугарската буржоазија потона цела во противречност и одговорност пред подигнатиот бугарски и македонски народ. Баш тогап, во тој критичен момент од страв, во дворот се реши судбината на истакнатите револуционерни македонски дејци од македонското револуционерно дело, и се дојде до страшното решение да се скрши стремежот за самостојноста на Македонците по однос, нивното национално оформување: Македонците никогаш да не помислат дека се одделен народ. Во однос на тоа прашање, сите буржоаски политички партии, целата бугарска буржоазија беа единствени. И не е случајно што при разгледувањето на процесот во Прага (на 27 VIII 1923 година, за убиството на бугарскиот министер Рајко Даскалов, процес кој започна на 18 XI 1923 година, каде како сведоци се јавија истакнатите бугарски идеолози како Александар Малинов, д-р Ст. Данев, проф. Фаденхект, Илија Бобчев, проф. Кацаров, проф. Иванов. Сите тие шарлатани – целата таа интелигентна зган на оволчената буржоазија по македонското прашање оттиде во Прага да го заштитува Јордан Цицонков, а со цел да ја дигне меѓународната трибуна за одбрана на својата буржоаско-империјалистичка теза за Македонија, дека Македонија е бугарска земја, дека ВМРО (на Тодор Александров б. н.) е револуционерна организација и дека Јордан Цицонков е извршител на наредбата на својата организација и дека тој не дејствувал по своја волја и како таков не е виновен за убиството на Рајко Даскалов. Па затоа треба да биде пуштен на слобода по силата и принципот на патриотскиот гест, по силата на чувствата и разбирањата, како треба да се исполнува националниот долг. Дали вие гледате, изјави во судот Александар Малинов, дека организацијата е железна, ако пак некој член не ја исполни одлуката која му е дадена, тој се казнува.\nСите бугарски државници и политичари, кои присуствуваа на тој процес, се искажаа во тој дух и се мачеа да најдат олеснителни мерки, како би го ослободиле испратениот од нив убиец на Рајко Даскалов. Самата присутност на тие бугарски политичари и државници на процесот во Прага, покажа кој ги извршува политичките убиства во Бугарија, зошто тие се вршат и зошто се проширија и надвор од границите на Бугарија.\nДрската фашизирана буржоазија и круна, откако го уби својот неподнослив платен џелат Тодор Александров, после неговата смрт, продолжува и понатаму да се служи со неговото име, подготвува и испраќа убици да ги убијат македонските револуционери Петар Чаулев во Милано и Тодор Паница во Виена; подготвува и ги отепува сите македонски револуционери кои останаа верни на македонската внатрешност, а непријатели на секаква завојувачка политика, од страна на Бугарија. Таа бугарска буржоазија убиството на Тодор Александров го припиша на македонските комунисти, како да го извршиле во сојуз со Македонците што се ориентирале кон Мајскиот манифест. Неговото убиство стана одвратно затоа што не се покажаа вистинските причини; тоа си остана заткулисна освета. Тоа стана уште поодвратно, кодга ни се претстави за десничар на ВМРО, и божем неговите другари десничари и следбеници на неговите разбирања убиваат и одмаздуваат за него. Тодор Александроб заедно со неговиот другар Александар Протогеров во македонското движење никога не биле десничари, а туѓи агенти. Во ВМРО немаше десничари и левичари, а Македонци и Бугари. Македонците ги обезоружаа Бугарите што придојдуваа наоружени на македонска земја. Терминот „левичари“ е тенденциозен, а големобугарски. Терминот „кршнување во лево“ има друга содржина. Протогеров е обезоружаван како големобугарин. Централниот комитет на „ВМРО“ од Христо Матов монтиран во дулгерската зграда во Софија во 1910 година, на чие што чело застанаа Тодор Александров и Александар Протогеров, беше провокација за Македонија, провалување на Хуриетот. Од страна на тој дулгерски Централен комитет и Тодор Александров и Александар Протогеров објавија војна на ВМРО и испратија чети да извршуваат магарешки атентати, а исто така и за убиства на масните раководители на ВМРО, кои при хуриетските услови беа локализирани и легализирани. (Види ја книгата „Хуриетот“, (бугарско издание), и „Илинденската епопеа“ (том втори дел 31 стр. 518, издание на Народниот фронт на Македонија 1949 год.). Тие двајца побугарени Македонци и сите бивши луѓе на организацијата, кои паѓаа под големобугарското влијание и минуваа во бугарска служба, под раководството на бугарската круна, не можат да се земат за десничари. Десничарството внатре во Македонија, па и на секаде каде што има изградено револуционерно движење за ослободувањето на еден потиснат народ, предполага да има на лице некаква идеологија, да се на лице принципите и различностите и тактиката за отстојавање на тие принципи. Движењето во Македонија беше национално, народно. После Првата светска војна таа се ориентира во лево и побара помоќ и соработка со социјално угнетените маси.\nИздајниците на македонското дело, матовците, гарвановците и сарафовците, македонските дејци се одрекоа од нив и ги исфрлија од ВМРО на општиот конгрес на организацијата во 1905 година. На тој конгрес немаше борба меѓу левичари и десничари, а имаше борба меѓу македонските револуционери кои ја застапуваа македонската внатрешност и принципите, од една страна, и меѓу големобугарските агенти во лицето на гореспомнатите, од друга кои ги газеа македонските внатрешни принципи. На тој конгрес победи македонската внатрешност.\nПосле општиот конгрес на ВМРО, кој се одржа во 1905 година, сите чети што влегуваа во Македонија, без знаењето и одобрувањето на одговорните органи на ВМРО, беа чети на туѓите припадници: бугарска, српски и грчка. Александров и Протогеров беа агенти на бугарско – германската политика и како такви беа наградени од Кајзер Вилхелм, за време неговото престојување во Ниш.\nПосле убиството на Тодор Александров и извршеното клање над македонските дејци, бугарската влада претстави ново раководство на неговата конспиративна терористичка организација, наречена ВМРО. На местото на убиениот Тодор Александров и Петар Чаулев, таа ги постави Иван Михајлов и Георги поп Христов, кои наедно со Протогеров беа попослушни.\nОткако Тодор Александров и Александар Протогеров се откажаа од потписите, кои беа ставени на документите на договорите во Виена и откако ја напуштија ВМРО (обединена), откако и федератистите ја напуштија подоцна, во ВМРО (обединета) останаа да членуваат само комунистите Македонци, следбеници на Гоце Делчев и Јане Сандански, кои отстојуваа на националната кауза на Македонија.\nПо таков начин ВМРО (обединета) доби карактер на независна организација, независна од тоа дека коминтерна, и специјално раководителита на БРП(к), злоупотребуваа со нејзината соработка како агентура. Идеите, меѓу тоа, кои ги содржеше Мајскиот манифест, во тоа време останаа раководна база за секој македонски борец и тешкотиите на тие идеи најдоа одраз во борбата на македонската емиграција во Бугарија и преку океанот и во македонскиот народ од Пиринска Македонија. Идеите на Мајскиот манифест ја одиграа својата улога и оставија трага во Обединетата Внатрешна македонска револуционерна организација, како етапа за преминување кон вистински и верни позиции на македонската национална борба, какви што се позициите на народноста опфатени во цело од новите следбеници на македонската внетрешност, - новите Илинденци – Титовците, кој го отфрлија најпрво покровителството на БРП(к) која се наложуваше над послушното раководство на ВМРО (обединета) и во прогресивното движење во Бугарија и врбуваше свои послушни агенти.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_VIII._%D0%97%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D1%88%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82_%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2_%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE", "word_count": 16143, "cyrillic": 1.0}
{"id": "9209", "title": "Предлози за пристапување кон измена на уставот на Република Македонија", "text": "0.1 ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА Е ВО ТЕК)\n0.1.1 ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nДо последната измена на страницата, до Собранието на Република Македонија од овластен предлагач (членот 130 на Уставот на Република Македонија - &bdquo;претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани&ldquo;), нема поднесено Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.\n0.1.2 УТВРДУВАЊЕ НА НАЦРТ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n(Потребно е Собранието на Република Македонија да донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија)\n0.1.3 УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n(Потребно е Собранието на Република Македонија да има утврдено Нацрт на амандманот или амандманите на Уставот на Република Македонија)\n0.1.4 ДОНЕСУВАЊЕ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n(Потребно е Собранието на Република Македонија да има утврдено Предлог на амандманот или амандманите на Уставот на Република Македонија)\n0.1.5 ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n(Потребно е Собранието на Република Македонија да го има донесено амандманот или да ги има донесено амандманите на Уставот на Република Македонија)\n0.2 ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА Е ЗАВРШЕНА)\n0.2.1 1991 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ I И II НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:\n0.2.2 1998 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН III НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници: ПРЕТСТАВНИЦИ:\n0.2.3 2001 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ IV, V VI, VII, VIII, IX, X XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII И XVIII НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Претседател на Република Македонија (Борис Трајковски, с.р.) ПРЕТСТАВНИЦИ:\n0.2.5 2003 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:\n0.2.5 2003 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН XIX НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:\n0.2.6 2005 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРАВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX И XXX НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:\n0.2.7 НОЕМВРИ 2006 ГОДИНА\n(ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА ЗАРАДИ ПРЕСТАНОК НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: За 1. и за 2. насока: Сулејман Рушити, министер за образование и наука и Јован Лазаров, заменик на министерот за образование и наука; За 3. насока: Трајко Славески, министер за финансии и Предраг Трпески, заменик на министерот за финансииПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, ноември 2006 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седниците, одржани на 14.11. и 21.11.2006 година, одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nВо функционирањето на уставниот систем на Република Македонија од донесувањето на Уставот од 1991 година до денес, воочени се одредени слабости во основите на системот на основното и средното образование, што наметна потреба од одредени измени во Уставот на Република Македонија. Лоцираните недостатоци во системите на основното и средното образование, насоките за идните реформи на образовниот систем во делот на основното и средното образование и конкретните активности, се базираат врз повеќе анализи на домашни и странски експерти, компаративните искуства од земјите на Европската Унија, како и меѓународните стандарди содржани во релевантните документи. Од тие согледувања произлезе заклучокот дека заради интензивно и успешно спроведување на реформите во образованието, потребна е промена на уставните основи на образованието како дејност од јавен интерес. Мерките и активностите за реформата на образованието се набележани и елаборирани во Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015 со придружните програмски документи, на чие донесување и претходеше серија стручни и јавни расправи, како и сугестии од образовните инстуции во земјата и експертските мислења на повеќе релевантни меѓународни институции. Заради остварување на стратегијата за реформи во образованието, Владата на Република Македонија, како стратешки приоритет во својата Програма за работа се определи за активности насочени кон измена на Уставот на Република Македонија во делот на образованието (Економски, социјални и културни права). Потребата од измени на Уставот на Република Македонија произлегува и од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со Европската Унија, со што нашата земја се определи, помеѓу другото, и за продолжување на веќе започнатите реформи во образованието. Основна цел на реформата на образовниот систем е приближување кон европските стандарди во сите степени на образованието: основното, средното и високото образование. Двете клучни насоки на кои во иднина ќе се потпира реформата на образовниот систем е задолжително и бесплатно јавно основно и средно образование и основање на приватни установи во сите степени на образованието. Активното учество на Република Македонија во глобалните интеграциски процеси подразбира и преземање на одговорност за остварување на глобалните политики во сферата на образованието. Во таа смисла, Министерството за образование и наука ја презема реализацијата на целите, принципите и препораките кои се зацртани во меѓународните документи за развој на образованието во Европа и светот. Програмата Образование за сите на УНЕСКО, Милениумските цели на Обединетите нации и Пактот за стабилност претставуваат референтна рамка во која се содржат најголемиот дел од целите кои Министерството за образование и наука ги реализира. За остварување на клучните стратешки области: образование за сите (обезбедување на образовна рамноправност); унапредување на културата на живеење; зголемување на социјалната партиципација; зголемување на образовната, културната и економската компетентност на македонското општество потребна е промена на уставните основи на системот на образованието, како предуслов за успешно остварување на реформите во оваа област. Еден од клучните предизвици во овој период ќе биде подигањето на нивото на образованието на сите млади и возрасни, со посебен акцент на зголемувањето на нивните стручни, работни и социјални компетенции. Анализите на образовната структура на населението во Република Македонија покажуваат дека од вкупниот број на лица над 15-годишна возраст, близу половината (49,39%) се лица кои не поседуваат или поседуваат ниско ниво на образование (неписмен, со незавршено основно и со основно образование). Ако на оваа група им се додадат лицата со завршено 3 или 4-годишно образование, тогаш состојбата со образовната структура на населението во Република Македонија е алармантна и не нуди оптимизам за идниот економски и социјален развој на државата. Во услови на перманентна модернизација на техничко-технолошката основа на трудот, ваквата состојба претставува генератор за зголемување на бројот на невработени и слаб економски раст на државата. Причините за ваквата состојба со образовната структура на населението има повеќе, но како најдоминантни се издвојуваат: незадоволителен опфат на учениците и осипувањето на учениците во основното и средното образование, особено осипувањето на учениците при преминот од основното во средното образование. При оваа вертикална проодност на учениците процентот на осипување е 16,65%. Ова јасно укажува дека проблемот со перманентна продукција на популација со ниско и, од аспект на потребите на современиот труд и социјалната инклузија, незадоволително ниво на образование, мора да се надмине. Поради ова, Владата на Република Македонија овој проблем го стави на приоритетната листа на интервенции во образованието, односно зголемување на должината на задолжителното образование. Имајќи го во предвид значењето на прашањата што ќе се отворат со измените на Уставот на република Македонија, во рамките на Министерството за образование и наука формирана е работна група која ја утврди потребата за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија и во таа смисла изготви Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија. Се предлага и измена на членот 60 од Уставот на Република Македонија заради отстранување на анахрониот назив на емисионата банка како Народна банка на Република Македонија и заради усогласувањена целите на Банката утврдени во Уставот со оние дефинирани во Статутот на Европскиот систем на централни банки. По примерот на повеќето централни банки од Европската Унија, се предлага називот да се промени во Банка на Македонија. Исто така се предлага и измена во делот од функциите (целите) на Банката со тоа што одржувањето на ценовната стабилност ќе се дефинира како основна цел на Банката, а дефинирањето и спроведувањето на монетарната политика и политиката на девизниот курс, управувањето со девизните резерви и слично како нејзини основни задачи. Со реализирањето на предлогот за измена на член 60 од Уставот на Република Македонија се очекува целосна усогласеност со Статутот на ЕСЦБ со јасно дефинираните цели и задачи според стандардите на Европската Унија.\n0.2.14.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ\n0.2.7.2.1 1. Задолжително и бесплатно јавно основно и средно образование\nСогласно член 44 став 3 од Уставот на Република Македонија основното образование е задолжително и бесплатно. Од наведената уставна одредба произлегува дека основното образование има задолжителен карактер, односно секој мора да се здобие со основно образование, за што грижа води државата и нејзините институции, преку задолжителен опфат на децата во основните училишта. Оваа одредба не дава можност за задолжителност на средното образование, што е основен тренд во земјите на Западна Европа, каде што најзастапена структура е: 6-годишно основно образование, 3-годишно нижо средно образование и 3-годишно вишо средно образование. Глобализациските процеси и забрзаната динамика на промени, то ест осовременување на трудот и работењето предизвикуваат нагласени тенденции за зголемување на образовното ниво на народите во светот. Одговорноста на државата на планот на образовниот опфат на населението станува се поголема. Општ тренд во светот е зголемување на должината на задолжителното образование, како најизразена форма на одговорност на државата, постојано да се зголемува. Ако во минатото горниот лимит на задолжителното образование беше поставен на елементарното и пониско ниво на средно образование, денес тој се повеќе се поставува на повисоките степени и во потполност го зафаќа средното образование. Средното образование е оној долен лимит на образованост и квалификуваност што секој граѓанин треба да го поседува за да може активно да се вклучи во општествениот и работниот живот. Глобалната тенденција е поместување на границата нагоре и компаративните согледувања покажуваат дека задолжителното образование е со 9-годишно траење (Словенија, Италија, Португалија и други), 10-годишно траење (Данска, Чешка, Шведска и други) 11-годишно траење (Шпанија, Франција, Норвешка и други) 12-годишно траење (В. Британија) и 13-годишно трање (Германија, Белгија, Холандија). Покрај наведените глобални тенденции, како причини за зголемувањето на времетраењето на задолжителното образование во Република Македонија може да се наведат и следните: лошата образовна структура на населението; малиот опфат и високиот процент на осипување на учениците во редовните степени на образование; потребата од зајакнување на компетенциите за работна и социјална инклузија на населението, како и намалувањето на осипувањето на учениците од преминот од основно во средно образование. Ова појава предизвикува перманентен притисок на пазарот на трудот од лица кои поседуваат само основно образование и се без каква било квалификациска подготовка. Оваа структура доминантно влијае врз зголемувањето на бројот на невработените. Со зголемувањето на задолжителното образование се очекува: да се зголеми образовната структура на населението; да се зајакне базичното образование; учениците да се стекнат со работни квалификации; да се обезбеди образовна рамноправност на сите граѓани; да се зголемат можностите за професионална ориентација; да се олесни и ефектуира преминот од основно во средно образование; да се оствари програмска сукцесивност.\n0.2.7.2.2 2. Основање на приватни установи во основното образование\nСогласно член 45 од Уставот на Република Македонија граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование. Од наведената уставна одредба произлегува дека во Република Македонија не постои можност за основање на приватни основни училишта. И покрај тоа што ваков вид на установи успешно се основаат и работат во поголем број на земји и претставуваат основа за конкурентност во основното образовнаие, агенс за јакнење на квалитетот во образованието и можност за поголем опфат на учениците, оваа уставна одредба не дава можност за основање на приватни установи во основното образование. Државата е судрена со потребата за зголемување на училишните капацитети во одредени региони, пред се во урбаните средини. Училишната мрежа, и покрај тоа што статистички ги задоволува потребите за опфат на учениците, не ги исполнува стандардите за современа настава и учење. Голем дел од училишните објекти се изградени пред повеќе децении и не ги задоволуваат стандардите за квалитетно спроведување на воспитно-образовниот процес. Финансиската моќ на државата за градење на оптимална и современа мрежа на основни училишта е недоволна и во таква ситуација се актуелизира потребата од овозможување на приватна иницијатива во основното образование, како одговор на прашањето за изнаоѓање на нови извори на финансирање или нови облици на сопственост во основното образование. Оваа иницијатива ќе го растовари локалниот и државниот буџет, а истовремено ќе овозможи и поголем опфат на децата од сегашните 92.5%. Искуството од основање на приватни средни училишта во Република Македонија, од аспект на конкурентност, воведување на европски стандарди и подигнување на квалитетот на училишната работа, афирмација на добри модели од практиката и мотивација на наставниците и учениците, покажа дека е потребно истото да се направи и во основното образование. Иако се очекува зголемување на бројот на приватните установи за основно и средно образование, бесплатното и задолжителното јавно основно и средно образование и во иднина ќе биде основна опција за најголемиот број на ученици во Република Македонија.\n0.2.7.2.3 3. Промена на називот на Народна банка на Република Македонија и дел од целите (функциите) на Народна банка на Република Македонија\nРепублика Македонија веќе 15 години има воспоставено систем на парламентарна демократија и пазарна економија, но одделни термини, како на пример Народна банка на Република Македонија, сеуште се задржани како анахронизам во современите услови и текови. Називот &bdquo;Народна банка&ldquo; беше карактеристика на земјите со таканаречено социјалистичко (&bdquo;народно&ldquo;) уредување на општеството кога во основа с&egrave; во државата формално беше &bdquo;народно&ldquo;. Со промената на системот на државното уредување повеќето држави ги променија и називите на емисионите банки во централни банки или банка на соодветната држава. Имајќи го предвид изнесеното, а особено фактот што Република Македонија е земја кандидат за рамнопрaвно членство во Европската Унија, што значи и рамноправен, конститутивен дел на Европскиот систем на централни банки, Владата на Република Македонија предлага да се пристапи кон измена на член 60 од Уставот на Република Македонија со кој е уредено дека Народната банка на Република Македонија е емисиона банка која е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство. Предлогот се однесува на промена на: називот на Народната банка на Република Македонија во Банка на Македонија и дел од целите (функциите) на Народна банка на Република Македонија а со цел усогласување со целите и задачите утврдени со Статутот на Европскиот систем на централни банки, како што е одржување на ценовната стабилност наместо стабилноста на валутата. Со реализирањето на предлогот за измена на член 60 од Уставот на Република Македонија се очекува целосна усогласеност со Статутот на ЕСЦБ со јасно дефинираните цели и задачи според стандардите на Европската Унија.\n0.2.8 ОКТОМВРИ 2008 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН XXXI НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: Михајло Маневски, министер за правда и Ибрахим Ибрахими, заменик на министерот за правдаПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, октомври 2008 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија на седницата одржана на 09.10.2008 година, одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nВо функционирањето на уставниот систем во Република Македонија од донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година до денес, воочени се одредени слабости во однос на изборот на Претседател на Република Македонија. Имено, во изминатиот период се спроведоа три изборни циклуса за избор на претседател во Републиката. Во сите изборни циклуси изборниот процес траеше релативно долго, и се доведуваше во прашање изборот на претседател на Република Македонија заради цензусот за избран кандидат утврден со Уставот на Република Македонија, а посебно условот утврден во вториот круг на избори. Насоките за идните реформи и конкретните активности во однос на изборната регулатива се базирани и врз повеќе анализи на домашни и странски експерти, врз компаративните искуства од земјите со етаблирани демократски системи и меѓународните стандарди содржани во релевантните документи. Од тие согледувања, а заради поуспешно остварување на изборните реформи во оваа област потребна е промена на уставните основи за избор на претседател на Република Македонија. Во член 81 став 5 од Уставот на Република Македонија е регулирано дека за претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи. Заради тоа потребно е овие уставни одредби е да се изменат во насоки дека за претседател на Република Македонија во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од четириесет посто избирачи. По донесувањето на предложените уставни измени неопходно ќе биде да се направат измени и дополнувања на Изборниот законик во делот на одредбите што се однесуваат за избор на Претседател на Република Македонија.\n0.2.8.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ поради кои се предлага измени на Уставот на Република Македонија\nУставот на Република Македонија со неколку одредби уредува определени прашања кои се однесуваат на функцијата претседател на Република Македонија. Меѓу нив е и прашањето на начинот на избор на претседател на Република Македонија. Во Уставот на Република Македонија, со членот 80 се уредува дека претседателот на Република Македонија се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, мандатот е пет години и едно исто лице може да биде избрано најмногу двапати. Исто така, согласно Уставот, претседателот на Република Македонија мора да биде државјанин на Република Македонија и со наполнети најмалку 40 години живот, со тоа што оваа возраст треба да биде исполнета до денот на одржувањето на изборите. Уставот утврдил и дополнителен услов според кој, лицето кое се кандидира за претседател на Република Македонија задолжително треба да биде жител на Република Македонија најмалку 10 години во последните 15 години до денот на одржувањето на изборите. Во останатите одредби од Уставот се утврдува дека предлагачи за кандидат за претседател на Република Македонија можат да бидат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници. Во членот 81 од Уставот на Република Македонија е определено дека за претседател на Републиката, е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи. Доколку не се избере претседател на Републиката во првиот круг, односно ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, тогаш во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Во вториот круг за претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи. Според пропишаниот услов во вториот круг на избори потребно е да гласаат 50% плус еден од запишаните избирачи и од нив мнозинството да гласаат за еден кандидат што може да предизвика постојано повторување на изборниот процес. На овие уставни решенија за начинот за избор на претседател на Република Македонија свои забелешки дадоа и претставниците на меѓународните организации кои правеа експертиза на Законот за избор на претседател на Република Македонија и препорачаа да се направи промена на уставната одредба која дирекно е преземена и во Изборниот законик. Исто така и ОБСЕ/ОДИХР во конечниот Извештај по спроведените претседателски избори во 2004 година препорача измена на уставните решенија за избор на претседател на Републиката, а посебно на условите предвидени за вториот изборен круг. Во Препораките во делот &ldquo;Правна рамка&rdquo; во првата препорака стои: &ldquo;Со Устав препишаниот услов повеќе од 50% од регистрираните гласачи да го дадат својот глас во вториот изборен круг треба да се острани, за да се избегне можноста за неуспешни избори. Исто така треба да се разгледува можноста за изменување на уставот со кој, за да постигне победа, кандидатот мора да ги добие гласовите на повеќе од 50% од регистрираните избирачи&rdquo;. Со предложената измена на Уставот ќе се обезбеди поедноставување на постапката за избор на претседател на Република Македонија, односно се обезбедува уставна основа за избор на претседател во вториот изборен круг на кандидат кој добил мнозинсто од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од четириесет посто избирачи. Со ваквото решение се имплементира и препораката на ОБСЕ/ОДИХР за промена на уставното решение за избор на претседател во вториот изборен круг.\n0.2.9 ДЕКЕМВРИ 2010 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН XXXII НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Владата на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: Михајло Маневски, министер за правда и Ибрахим Ибрахими, заменик на министерот за правдаПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, декември 2010 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 21.12.2010 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nИзминатиот период е зголемен интензитетот на организираниот криминал кој има регионални и меѓународни димензии. Причини за неговото јакнење, меѓу другото, се зголеменото движење на луѓето, стоката и капиталот. Со јакнењето на транснационалниот организиран капитал, извршителите на овие кривични дела со различни техники настојуваат да ги прикријат вистинските извори на противправно стекнатата имотна корист. Притоа, перењето на парите и корупцијата како пратечки појави на организираниот криминал, не само што штетат на националната економија туку ги нарушуваат и основните демократски вредности во националните држави, а на меѓународен план предизвикуваат значајна дестабилизација. Извршителите на кривичните дела од сферата на организираниот криминал настојуваат да го избегнат изрекувањето и извршувањето на кривично-правните санкции злоупотребувајќи го начелото за забрана за предавање на сопствени државјани на други држави. Со тоа се доведуваат во прашање превентивната и репресивната функција на казненото право. Главно средство за успешно справување со транснационалниот организиран криминал претставува ефикасната правна и правосудна соработка. Во таа насока, Република Македонија ги има потпишано и ратификувано сите релевантни меѓународни документи во оваа област. Исто така, Република Македонија прави значајни напори да ја доизгради институционалната и правната рамка која ќе овозможи ефикасно справување со транснационалниот организиран криминал. Имајќи во предвид дека за успешна борба против ова зло е неопходна поширока меѓународна акција, земјите од регионот покренаа иницијатива за усогласување на правната рамка во сите држави од регионот. Во член 4 во ставот 2 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека на државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава. Оваа одредба претставува пречка за склучување меѓународни договори со кои што ќе биде уредена можноста за предавање на државјанин на Република Македонија на друга држава, како и предавање на државјанин на друга држава на Република Македонија заради водење на кривична постапка за сторено кривично дело од областа на организираниот криминал. Одредени држави во регионот веќе извршија изменување на нивните устави и го воведоа Европскиот налог за апсење и пропишаа можност за потпишување билатерални договори за екстрадиција на свои државјани за дела од областа на организиран криминал, додека други држави од регионот веќе имаат покренато таква иницијатива и постапката за измена на нивните устави е во тек. На пример, Република Хрватска го измени членот 9 од Уставот со кој што се предвидува дека државјанин на Република Хрватска не може да биде протеран од Република Хрватска, ниту може да му биде одземено државјанството, а не може да биде предаден на друга држава, освен кога мора да се изврши одлука за предавање или екстрадиција донесена во согласност со меѓународен договор или согласно прописите на Европската унија. Врз основа на наведеното, сметаме дека заради успешно справување со транснационалниот организиран криминал и Република Македонија би требало да пристапи кон изменување на член 4 ставот 2 од Уставот на Република Македонија во кој ќе биде пропишана можност за предавање на државјанин на Република Македонија на други држави согласно меѓународен договор, за сторено кривично дело од областа на организираниот криминал.\n0.2.14.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ\nВо член 4 во ставот 2 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека на државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава. Со оглед дека оваа одредба претставува пречка за склучување меѓународни договори со кои што ќе биде уредена можноста за предавање на државјанин на Република Македонија на друга држава, како и предавање на државјанин на друга држава на Република Македонија заради водење на кривична постапка за сторено кривично дело од областа на организираниот криминал, се пристапува кон измени на Уставот на Република Македонија. Имено, за таа цел, Владата на Република Македонија на Сто деведесет и втората седница, одржана на 9.11.2010 година ја разгледа Информацијата за потребата за изменување на член 4 став 2 од Уставот на Република Македонија и усвои заклучок со кој го задолжи Министерството за правда да ја започне постапката за изменување на член 4 став 2 од Уставот на Република Македонија и во рок од 30 дена до Владата на Република Македонија да достави Предлог за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија, согласно насоките дадени во оваа информација. Потребата од наведените измени произлегува од потребата за успешно справување со организираниот криминал. Во таа насока, досега Република Македонија презеде бројни активности. Имено, изминативе години се формирани повеќе институции и внатрешни организациони единици во постојните институции во оваа област, меѓу кои најзначајни се: специјализираното судско Одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Агенцијата за управување со одземен имот, Секторот за организиран криминал во рамките на Министерството за внатрешни работи, Советот за заштита на сведоци и Одделението за заштита на сведоци во рамките на Министерството за внатрешни работи. Исто така, донесени се и повеќе закони во кои се предвидени механизми за ефикасно справување со организираниот криминал. Како позначајни механизми се посебните истражни мерки, уредени во Законот за кривичната постапка, проширената конфискација уредена во Кривичниот законик и во Законот за кривичната постапка, непроцесните и процесните мерки за заштита на сведоци уредени во Законот за заштита на сведоци и во Законот за кривичната постапка, како и управувањето со конфискуваниот имот, уредено во Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка. Со оглед на наведеното, заради обезбедување на дополнителни механизми во справувањето со организираниот криминал се предлага изменување на член 4 став 2 од Уставот на Република Македонија, во насока на пропишување уставна одредба со која врз основа на ратификуван меѓународен договор државјанин на Република Македонија би можело да биде предаден на друга држава заради гонење за кривични дела од областа на организираниот криминал, со што ќе се создаде можност и за предавање на странски државјани по истиот основ на Република Македонија.\n0.2.10 ФЕВРУАРИ 2011 ГОДИНА\n(ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА ЗАРАДИ ПРЕСТАНОК НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници (Силвана Бонева, с.р.; Илија Китановски, с.р.; Александар Спасеноски, с.р.; Светлана Јакимовска, с.р.; Владимир Ѓорчев, с.р.; Петар Поп Арсов, с.р.; Александар Николовски, с.р.; Косана Николиќ Мазнева, с.р.; Зоран Петрески, с.р.; Илија Димовски, с.р.; Анита Кипаризова Крстевска, с.р.; Анета Стефановска, с.р.; Благородна Дулиќ, с.р.; Васко Шутаров, с.р.; Ванчо Коцев, с.р.; Веле Ѓорѓиевски, с.р.; Виолета Ташева, с.р.; Весела Честоева, с.р.; Владо Стефановски, с.р.; Горан Ѓуровски, с.р.; Дарко Димитриевски, с.р.; Даниела Иротова Лазарева, с.р.; Дарка Петрушевска, с.р.; Живко Пејковски, с.р.; Ивица Георгиевски, с.р.; Јаготка Ивановска, с.р.; Јован Гинев, с.р.; Катерина Димеска, с.р.; Крсто Мукоски, с.р.; Лилјана Затуроска, с.р.; Лидија Митева, с.р.; Марија Андоновска, с.р.; Марија Рашковска, с.р.; Марјанчо Колевски, с.р.; Миле Пачемски, с.р.; Наташа Јаневска, с.р.; Никола Котевски, с.р.; Надица Тулиева Танчева, с.р.; Нада Станчевска, с.р.; Оливера Трајановска, с.р.; Оливер Алексовски, с.р.; Панче Дамески, с.р.; Стојче Крстевски, с.р.; Саве Савески, с.р.; Соња Ѓелова Стојанова, с.р.; Соња Цветковска, с.р.; Томе Даневски, с.р.; Хрисстина Ручева, с.р.; Цена Матевска, с.р.; Цветан Трипуновски, с.р.; Цветко Грозданов, с.р.; Иван Стоилковиќ, с.р.; Ќенан Хасипи, с.р.; Лилјана Поповска, с.р.; Борислав Стојменов, с.р.; Амди Бајрам, с.р.; Авдија Пепиќ, с.р.; и Павле Трајанов, с.р.;) ПРЕТСТАВНИЦИ: Благородна Дулиќ, овластен претставник и Силвана Бонева, заменик овластен претставникПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, февруари 2011 година Врз основа на членот 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ви поднесуваме Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. За претставник на предлагачите се определува пратеникот Благородна Дулиќ.ПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.10.2.1 1. Државен завод за ревизија\nВо Извештојот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година, за Поглавјето 32. Финансиска контрола, во однос на надворешната ревизија е наведено дека &bdquo;Независноста на ДЗР останува да биде утврдена во Уставот&ldquo;. Ова е значајно и од аспект на исполнување на критериумите за отворање и затворање на пристапните преговори за Поглавје 32. Финансиска контрола, утврдени од Европската комисија на 22 јуни 2006 година, каде како критериум за започнување на преговорите е утврдено &bdquo;Врховната ревизиска институција (ВРИ) да има солидна основа во Уставот и да е регулирана со посебен закон;&ldquo;. Во насока на исполнување на критериумите на Европската комисија за обезбедување на независноста на Државниот завод за ревизија, во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2011 година, како краткорочен приоритет е утврдено изготвување на предлог за пристапување за измени на Уставот на Република Македонија, со цел дефинирање на ДЗР како уставна категорија. За реализација на овие обврски во целост и навремено предлагаме да се пристапи кон измена на Уставот на Република Македонија со дополнување со нов амандман со кој ќе се утврди уставна основа за обезбедување на независноста на Државниот завод за ревизија.\n0.2.10.2.2 2. Состав на Судскиот совет на Република Македонија\nРазвојот на судскиот систем во Република Македонија, по осамостојувањето може да се подели на три етапи. Во првата етапа (1991-1995 година) тој функционираше во организациона рамка од претходниот систем. Втората етапа започна со донесувањето на Законот за судовите во 1995 година и на другите закони од областа на организацијата на судството, на материјалните и процесните закони од областа на граѓанското и кривичното право и траеше до донесувањето на уставните амандмани во делот на правосудството во 2005 година. Во овој период посебно е значајно донесувањето на Законот за судовите. Исто така, во 1996 година беше направен генералниот реизбор на судиите во Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија по предлог на Републичкиот судски совет. Републичкиот судски совет е орган воведен за прв пат со Уставот на Република Македонија од 1991 година. Републичкиот судски совет го сочинуваа седум членови кои ги избираше Собранието на Република Македонија од редот на истакнати правници. Републичкиот судски совет имаше надлежност да му предлага на Собранието избор и разрешување на судии; да одлучува за дициплинската одговорност на судиите; да ја оценува стручноста и совесноста на судиите во вршењето на нивната функција и да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија. Со воведувањето на овој орган беше направен значаен чекор кон афирмирањето на независната позиција на судската власт, бидејќи се овозможи во најчуствителната област (изборот и разрешувањето на судиите) оценката да ја дава стручен, а не политички орган. Третата фаза од развојот на судскиот систем во Република Македонија започна со донесувањето на уставните амандмани од XX до XXX во делот на правосудството во 2005 година. Наведените амандмани беа донесени врз основа на Стратегијата за реформа на правосудниот систем со Анекси, усвоена во 2004 година. Стратегијата е поделена на два сегмента што се однесуваат на: судскиот систем и јавното обвинителство. Кон Стратегијата се приложени и Анекси кои ги содржат основните планирани реформски зафати во пенитенцијарниот систем, јавното правобранителство, адвокатурата и нотаријатот. Првиот дел, кои се однесува на судскиот систем, ја потенцира важноста на независноста и непристрасноста на судството и на зголемувањето на неговата ефикасност. Како клучни точки кои ја детерминираат независноста на судството се нагласени: селекцијата, изборот и разрешувањето на судиите, нивниот тренинг и финансирањето на судството. Зголемувањето на ефикасноста на судството претпоставува и промени во повеќе сегменти на судскиот систем, со кои треба да се остранат факторите што влијаат врз одолжувањето на постапките: слабостите во процесното законодавство, несоодветната организациона поставеност на судството, непостоењето систем за алтернативно решавање спорови и нецелосно покривање на судството со информатичка технологија. Вториот дел ја опфаќа јавно-обвинителската организација со сите нејзини сегменти и ја нагласува потребата за надградба на уставно-правната рамка за позицијата на јавното обвинителство, во насока на обезбедување нов начин на именување на јавните обвинители, како и зголемување на ефикасноста во извршување на неговата основна функција. Анексот број 1 посветен на пенитенцијарниот систем содржи мерки за унапредување на системот на извршување на казнено-правните и прекршочните санкции, со посебно внимание врз алтернативните мерки како нов вид санкции. Во однос на реформата на јавното правобранителство Анексот број 2 ја идентификува потребата од дополнителна анализа со цел за утврдување на мерките што треба да бидат преземени во насока на обезбедување поефикасно извршување на основната функција за заштита на имотните права и облиците на сопственост што имаат јавно-приватен карактер. Анексот број 3 е посветен на реформа на адвокатурата и ги содржи иструментите за унапредување на статусот на адвокатурата како јавна служба, како и на професионално-етичките стандарди за нејзина поставеност и соработка со судовите и другите органи во правец на поефикасно остварување на судската функција. Предвидените реформски зафати во однос на нотаријатот дадени во Анексот број 4 се насочени кон унапредување на вршењето на нотарската дејност. Основна цел на реформата во правосудството утврдена во Стратегијата беше развивање на европските стандарди во сферата на правдата. Двата клучни столба врз кои се потпира реформата на правосудството се јакнењето на неговата независност и зголемување на ефикасноста. Реформата на правосудството тргнува и ги има за цел следниве принципи: владеење на правото; начелото на поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска; гарантирање на независноста на судството; заштита на правата на граѓаните; гарантирање на еднаков пристап до правдата; и прифаќање на сите релевантни европски стандарди во сферата на правдата како што се Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (94) 12 за независноста, ефикасноста и улогата на судиите како и Европската повелба за статусот на судиите. Во овие меѓународни документи се содржани основните принципи на положбата на судијата кои имаат за цел да обезбедат стручност, независност и непристрасност што секој граѓанин оправдано ги очекува од судството. За обезбедување на овие принципи, во Европската повелба за статусот на судиите е предвидено дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството. Во областа на независноста на судството, согласно насоките дадени во Стратегијата, со уставните амандмани од 2005 година беше востановен Судскиот совет на Република Македонија. Овој самостоен и независен орган на судството ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Имено, меѓу другите, клучна новина е надлежноста на Судскиот совет е да ги избира и разрешува судиите и претседателите на судовите и да ја оценува нивната работа. Меѓу другите, во 2005 година беше усвоен Амандманот XXVIII во кој е уредена материјата за составот на членовите на судскиот совет и нивниот мандат. Така, со наведениот амандман е пропишано дека Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Значајна новина во однос на Судскиот совет е неговиот состав. Имено, мнозинство во него имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори. Советот го сочинуваат петнаесет члена. По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда. Осум члена на Советот се од редот на судиите и ги избираат судиите на тајни и непосредни избори. Од овие осум члена тројца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, е пропишано дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професии по право, адвокатите и други истакнати правници. Во амандманот е уреден и мандатот на избраните членови на Судскиот совет и тој трае шест години, со право на уште еден избор. Исто така, материјата за условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот е уредена со закон. Уставниот амандман ја уредува и материјата за неспојливост со функцијата член на Судскиот совет со вршење други функции. Така, во него е пропишано дека функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон. Во Амандманот XXIX се уредени надлежностите на Судскиот совет на Република Македонија. Имено, Судскиот совет на Република Македонија: - ги избира и разрешува судиите и судиите поротници; - утврдува престанок на судиската функција; - ги избира и разрешува претседателите на судовите; - ја следи и оценува работата на судиите; - одлучува за дициплинската одговорност на судиите; - одлучува за одземање на имунитетот на судиите; - предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите и - врши други работи утврдени со закон. Во однос на соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците, при изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите, во Амандманот XXIX е пропишано дека ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници. Исто така, во овој амандман е пропишано дека Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон. Заради унапредување на судскиот систем воочена е потреба за унапредување на положбата на судската власт преку имплементирање на највисоките европските стандарди. Во таа насока, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет на Република Македонија и зголемување на бројот на судии членови на Судскиот совет избрани од страна на судиите и преиспитување на правото за повторен избор на членовите на Судскиот совет. Исто така, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет и во однос на членовите по функција-министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, во насока Судскиот совет да нема членови по функција. Наведените измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави. Од тие причини предлагаме да се пристапи кон измена на Уставот на Република Македонија и во наведените насоки во поглед на Судскиот совет на Република Македонија со што цениме дека ќе се зајакне независноста и самостојноста на судската власт, посебно во процесот на избор и разрешување на судии.\n0.2.14.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ\n0.2.10.2.1 1. Државен завод за ревизија\nПредложеното дополнување на Уставот на Република Македонија во однос на Државниот завод за ревизија има за цел да ја зајакне независноста на Државниот завод за ревизија. Имено, стандардите за независноста на Државниот завод за ревизија се вградени во меѓународните стандарди на врховните ревизорски институции (ISSAI), кои се применуваат во вршењето на државната ревизија во Република Македонија. Согласно ISSAI 1-Лима Декларација во Делот 5. Независност на Врховните ревизорски институции, е наведено дека:&bdquo;1. Врховните ревизорски институции може да ја исполнат својата задача објективно и ефикасно само ако се независни од субјектите на ревизија и ако се заштитени од надворешни влијанија. 2. Иако државните институции не може да бидат во целост независни бидејќи се дел од државата како целина, Врховните ревизорски институции треба да имаат функционална и организациска независност која е потребна за извршување на нивните задачи. 3. Формирањето на Врховните ревизорски институции и неопходниот степен на независност ќе биде утврдена со Уставот; деталите може да бидат утврдени и со закон. Посебно ќе се гарантира соодветната законска заштита против било какво влијание врз независноста и ревизорскиот авторитет на Врховните ревизорски институции.&ldquo; Во однос на независноста на избраните функционери на врховните ревизорски институции, во делот 6. на ISSAI 1-Лима Декларација, се наведува:&bdquo;1. Независноста на Врховните ревизорски институции е нераскинливо поврзана со независноста на нивните членови. Членови треба да бидат оние лица кои донесуваат одлука за Врховните ревизорски институции и одговараат за таквите одлуки пред трети лица, понатаму членовите на колегијалното тело кои донесуваат одлуки или шефот (главниот ревизор) на монократски поставената Врховна ревизорска институција. 2. Независноста на членовите исто така ќе биде загарантирана со Устав. Посебно, процедурите за отповикување, кои исто така ќе бидат втемелени во Уставот, не смеат да ја нарушат независноста на членовите. Начинот на назначување и отповикување на членовите зависи од уставната поставеност на земјата за која станува збор. 3. Со оглед на нивната професионална кариера, ревизорите во Врховните ревизорски институции не смеат да бидат изложени на влијанија од страна на субјектите на ревизија и не смеат да бидат зависни од такви субјекти.&ldquo;\n0.2.10.2.2 2. Состав на Судскиот совет на Република Македонија\nСо Амандманот XXVIII од 2005 година е востановен Судскиот совет на Република Македонија како самостоен и независен орган на судството кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Мнозинсто во овој орган имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори. Имено, Советот го сочинуваат петнаесет члена. По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда, додека осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови од редот на судиите се припадници на заедниците кои не се мнозинсто во Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници. Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинсто во Република Македонија. Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, пропишано е дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професии по право, адвокатите и други истакнати правници. Ваквиот состав на Судскиот совет во кој мнозинството се судии избрани на непосредни избори од сите судии во Република Македонија овозможува да се маргинализираат можните политички влијанија во работата на Судскиот совет, особено во постапката за избор и разрешување на судии. Зголемувањето на бројот на судиите членови на Судскиот совет се предлага заради натамошно јакнење на независноста на судството. Предност на овој модел според кој мнозинството на Судскиот совет се судии избрани од сите судии во Република Македонија има за цел да го оневожможи секое можно политичко влијание врз судството. Исто така, предложените измени на уставот имаат за цел да се избегне секоја можна политизација во процесот на избор и разрешување на судиите, со оглед дека судиите избрани од нивните редови ќе бидат побројни во однос на другите членови. Предложеното решение за зголемување на бројот на судиите членови на Судскиот совет би се реализирало преку измена на Амандманот XXVIII. Во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година се истакнува дека: &bdquo;Предложената реформа е добродојдена, со оглед на тоа дека има за цел да постигне деполитизација на изборот и разрешувањето на судиите. Присуството на мнозинството на судии во Судскиот совет е добродојдено &hellip;&ldquo; Во однос на учеството на министерот за правда како член во Судскиот совет, во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година е наведено дека: &bdquo;со цел да се сведе на минимум влијанието на извршната власт, членството на министерот за правда во Државниот судски совет може да биде земенето со право на министерот за правда да присуствува на седниците на Советот или членство без право на глас.&ldquo;. Ова прашање беше едно од најдискутабилните и поради несогласувањето на тогашната најголема опозициска партија со предложениот амандман за учество на Министерот за правда во Судскиот совет на Република Македонија, не гласаше за уставните амандмани. Предложените решенија за зголемување на бројот на членовите во Судскиот совет од редот на судиите содржани во Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија се базираат на меѓународните стандарди во оваа област и на компаративните искуства од државите членки на Европската унија. Имено, основните меѓународни стандарди во оваа област се содржани во следниве меѓународни документи: Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (94) 12 за независноста, ефикасноста и улогата на судиите, Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судските совети, како и Европската повелба за статусот на судиите. Во Европската повелба за статусот на судиите е истакнато дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството. Во Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судиските совети се истакнува дека судските совети треба да бидат составени или исклучиво од судии или да имаат мешан состав (судии и претставници надвор од судството). Притоа се нагласува дека доколку судските совети се со мешан состав, задолжително е значително мнозинство да го имаат судиите кои би биле избрани од нивните редови. Во однос на членовите кои се избираат надвор од судството, во мислењето е истакнато дака тие треба да бидат избрани од редот на истакнати правници и универзитетски професори со долгогодишно искуство. Компаративната анализа за составот на судските совети во европските држави покажува дека најголемиот број вакви органи се составени од претставници од судството и претставници надвор од судството. Во повеќето европски држави, судските совети имаат важна улога во именување на судиите. Ова е случај во Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Грузија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Турција. Само во Руската Федерација и Исланд, Врховниот суд е надлежен за именување на судиите. Најголемиот број од судските совети во европските држави се составени од судии и претставници од надворешни професии (академици, адвокати, а понекогаш и претставници од Министерството за правда)-Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Руска Федерација, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Северна Ирска, Шкотска и Англија. Само во неколку европски држави судските совети се составени исклучиво од судии (Кипар, Латвија, Литванија). Исто така, редок е бројот на европски држави каде судските совети се составени исклучиво од членови со други-надворешни професии (Андора, Чешка, Луксембург, Словенија, Украина). Генерално, компаративната анализа покажува дека судските совети даваат мислење за именување на судии и јавни обвинители, што во определени случаи е задолжително за формалните власти на кои им е доделена надлежноста за именување на судија или јавен обвинител. Најчесто, оваа формална надлежност е доделена на извршната власт, или на Претседателот (Франција, Унгарија, Литванија, Луксембург, Молдавија, Монако, Романија) или на Владата (Малта, Шведска). Именувањата од страна на законодавната власт се поретки (Србија, Словенија). Во другите земји, има судски Комисии или совети надлежни за именување (Данска, Финска, Ирска, Латвија, Норвешка, Полска). Мнозинство од овие совети се составени од судии и правни практичари. Често советите се надлежни за подготовка на предлози за именување. Овие предлози се адресираат до министерствата за правда или парламентите кои се надлежни за формална номинација/ именување на судии. Меѓутоа, во Финска именувањето на судиите е во надлежност на Претседателот по препорака од Министерството за правда на номинација од страна на Одборот за судски именувања. Исто така, се забележува дека во Швајцарија, судиите на Врховните кантонски судови и на Федералниот суд генерално се именувани од страна на кантонските парламенти и Федералниот Парламент, додека пак судиите на основните судови се именувани од страна на судиите од Врховните кантонски судови. Врз основа на наведеното се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет преку зголемување на членовите од редот на судиите избрани на тајни и непосредни избори од судиите и преиспитување на правото на повторен избор на членовите на Судскиот совет. Исто така, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет и во однос на членовите по функција-министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, во насока Судскиот совет да нема членови по функција. Овие измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави.\n0.2.10.3 ПРИЛОГ 1\nКОМПАРАТИВНИ ИСКУСТВАПРЕГЛЕД ЗА ОДРЕДБИТЕ ЗА ДРЖАВНИТЕРЕВИЗОРСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ Решенијата кои ги предлагаме се засновани и на анализите на законодавството на неколку држави во кои државната ревизија од аспект на самостојноста и независноста е предвидена како уставна категорија, за што приложуваме извадоци од уставите на неколку држави.ЧЕШКА РЕПУБЛИКА&bdquo;Член 97 од Уставот: 1. Државниот завод за ревизија е независно тело. Тој ќе врши ревизија на управувањето со државниот имот и спроведувањето на Државниот Буџет. 2. Претседателот и неговиот заменик ќе ги назначува Претседателот на Републиката на предлог од Комората на депутатите. 3. Статусот, јуриздикцијата, организационата структура и други детали во однос на Државниот завод за ревизија ќе бидат дефинирани со закон.&ldquo;УНГАРИЈАИзвадоци од Уставот: &bdquo;Парламентот ги избира Претседателот на Републиката, Премиерот, Претседателот и потпретседателите на Државниот завод за ревизија со двотретинско мнозинство од гласовите. За изгласување на Законот за организација и принципите на работа на Државниот завод за ревизија потребно е двотретинско мнозинство од присутните пратеници.&ldquo;ПОЛСКА&bdquo;Член 202 од Уставот: 1. Врховната државна ревизорска институција ќе биде главен орган на државна ревизија. 2. Врховната државна ревизорска институција ќе биде потчинета на Собранието. 3. Врховната државна ревизорска институција ќе дејствува во согласност со принципите на колегијалност.Член 207 од Уставот: Организацијата и начинот на работа на Врховната државна ревизорска институција ќе бидат специфицирани со статут.&ldquo;ХОЛАНДИЈАГлава 4 од Уставот во насловот:&bdquo;Совет на Државата, Суд за ревизија и постојани советодавни телаЧлен 76 Судот за ревизија ќе биде одговорен за испитување на државните приходи и трошоци.Член 78 1. Организацијата, составот и надлежноста на Судот ќе бидат регулирани со закон на Парламентот. 2. Дополнителни задачи на Судот може да бидат додадени со закон на Парламентот.&ldquo;ЕСТОНИЈАИзвадоци од Уставот: &bdquo;132. Државниот завод за ревизија во своите активности ќе биде независно државно тело одговорно за економска контрола. 137. Организацијата на Државниот завод за ревизија ќе биде регулирана со закон. 138. Криминално обвинение против Главниот ревизор може да се покрене само на предлог на Легалниот канцелар и со согласност на мнозинството членови на Парламентот.&ldquo;АВСТРИЈАЧлен 122 од Уставот: center&bdquo;Независност и состав на Судот за ревизијаcenter 1. Судот за ревизија ќе биде дирекно потчинет на Парламентот, ќе работи како орган на Националниот совет. 2. Судот за ревизија ќе биде независен од Федералната влада и ќе биде предмет на одредбите на законот. 3. Претседателот на Судот за ревизија го избира Националниот совет по номинирање од страна на нејзината Работна комисија на период од 12 години без право на реизбор. Пред преземањето на должноста, Претседателот на Судот за ревизија дава службена заклетва пред Претседателот на Републиката.&ldquo;АЛБАНИЈА&bdquo;Член 162 од Уставот: 1. Врховната државна контрола е највисоката институција за економска и финансиска контрола. Таа е предмет на регулирање од страна на Уставот и законите. 2. Шефот на институцијата го назначува и отповикува Собранието на предлог од Претседателот на Републиката со мандат од 7 години со право на реизбор.Член 165 1. Главниот на Врховната државна контрола може да биде поканет да учествува на состаноците на Советот на министри кога се разгледуваат прашања од неговата надлежност. 2. 1. Главниот на Врховната државна контрола има имунитет на член на Врховниот суд.&ldquo;\n0.2.10.4 ПРИЛОГ 2\nКОМПАРАТИВНИ ИСКУСТВАПРЕГЛЕД НА СОСТАВОТ НА СУДСКИТЕ СОВЕТИВО ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИРепублика Словенија: Судски совет Судскиот совет во Словенија е составот од 11 членови. Националното собрание избира 5 членови по предлог на Претседателот на Република Словенија од редот на истакнати универзитетски професори по право, адвокати и други правни застапници. Останатите 6 члена се избираат од редот на судиите од страна на сите судии. Еден од членовите на Судскиот совет се избира да ја извршува функцијата Претседател на истиот.Република Италија: Врховен судски совет Врховниот судски совет е самостоен и независен орган кој ја обезбедува судската независност, ги регулира најважните активности неопходни за вршење на неговите надлежности и изрекува дициплински санкции. Составен е од Претседателот на државата, кој претседава со истиот и генерално има помош од страна на Заменик Претседателот, избран од членовите на советот. Претседателот на Касационен суд и Касациониот Генерален Јавен Обвинител, како и 24 други членови од кои, 1/3 се избрани од страна на Парламентот и 2/3 се избрани од редовните судии. Министерот за правда не е член на Советот, но може да присуствува на седници кога треба да даде објаснување или некоја информација, без право на глас.Португалија: Врховен судски совет Именувањето на судиите е во надлежност на Врховниот судски совет, кој исто така има надлежност да именува, распределува и унапредува судии како и да изрекува дициплински санкции во согласност со законот. Именувањето, доделувањето, распоредувањето и унапредувањето на судиите во управните и даночните судови, како и дициплинските постапки се во надлежност на Врховниот судски совет. Судиите за второстепените судови се регрутираат од редот на судиите во првостепените судови врз основа на мерит систем, преку конкурентно поднесување резимеа. Пристапот до Врховниот суд е на основа на конкурентно поднесување резимеа и е отворен за судии, јавни обвинители и други правни професии. Со Врховниот судски совет претседава Претседателот на Врховниот суд на правдата, а е составен од двајца членови кои се наименувани од Претседателот на Републиката од кои еден е судија, 7 членови кои се избрани од Собранието и седум судии кои се избрани од судовите во согласност со пропорционален модел. Во Врховниот судски совет со закон може да биде утврдено учество на правосудни службеници избрани од страна на судовите. Тие се избираат за посебни прашања на расправа и гласање кои се однесуваат на одредувањето на нивните професионални заслуги и утврдувањето на нивната дициплинска одговорност.Франција: Висок Правосуден Совет Високиот Правосуден Совет е составен од два совета. Судски Совет, составен од 5 судии и 1 јавен обвинител и Обвинителски Совет, составен од 5 јавни обвинители и 1 судија. Мандатот на членовите трае 4 години со право на реизбор. Покрај наведените членови од редот на судиите и јавните обвинители, Високиот правосуден совет број и 8 членови од кои 1 е државен советник именуван од Државниот совет, 1 активен адвокат и 6 истакнати граѓани кои не се членови ниту на Парламентот ниту на правосудството, а од кои два именува Претседателот на Републиката, 2 именува Претседателот на Народното Собрание и 2 именува Претседателот на Сенатот.Шпанија: Општ совет на судска власт Општиот совет на судската власт во Шпанија не е тело со правни надлежности, туку контролно и организационо тело на шпанското судство кое меѓу другото има функција да избира Претседател на Врховниот суд, именува судии, а со претходна процена на Министерот за правда и судии во Врховниот суд, претседатели на судови и магистрати. Исто така има надлежност да воспоставува и одржува дициплински правила и постапки за судиите и магистратите. Општиот совет на судската власт е составен од 20 членови именувани од страна на Кралот по процена на Министерот за правда врз основа на предлози од двата дома на Националниот Парламент, именувани за период од 5 години без право на реизбор. Од 12 членови, активни судии и магистрати, 6 предлага Сенатот, а 6 предлага Конгресот со 3/5 од мнозинството на нивните членови. Овие членови се предлагаат од листа на 36 судии и магистрати предложени од страна на професионални здруженија кои застапуваат најмалку 2% од активните судии и магистрати. Останатите 8 членови се од редот на истакнати адвокати и правници со повеќе од 15 години активна служба, од кои 4 на предлог на Сенатот и 4 на предлог на Конгресот.Романија: Врховен правосуден совет Согласно измените на Уставот, во член 132 е додадена улогата на Врховниот правосуден совет како гарант на независноста на правдата. Советот го сочинуваат 19 членови од кои: 9 судии и 5 јавни обвинители, избрани на генерално собрание на судиите и јавните обвинители кои ги сочинуваат двата совета: Судски совет и Обвинителски совет; 2 претставници на граѓанското општество, специјалисти во областа на право, кои уживаат висок морален и професионален углед, избрани од страна на Сенатот. Претседателот на Високиот Касационен суд, претставник на судската власт, Министерот за правда и Генералниот Јавен обвинител кои се членови на Советот по функција. Мандатот на членовите е 6 години. Кога Претседателот на државата учествува на состаноците, тој претседава со Советот без право на глас.Хрватска: Државен судски совет Државниот Судски Совет, во согласност со Уставот и законите ги именува и разрешува судиите и исто така решава за дициплинската одговорност на судиите. Советот е составен од 11 членови избрани од редот на истакнати судии, адвокати и универзитетски професори, каде мнозинството на членовите мора да бидат од редот на судиите. Претседателите на судовите не можат да бидат избрани за членови на Советот. Надлежностите и постапката на Државниот судски совет се пропишани со закон.Бугарија: Врховен Судски Совет Врховниот судски совет ги избира, унапредува, казнува, прераспределува и разрешува судиите, обвинителите и истражните судии. Советот е составен од 25 члена. По функција во составот на Советот влегуваат и Претседателот на Врховниот Касационен Суд, Претседателот на Врховниот Административен Суд и Државниот Јавен Обвинител. Како лица кои можат да бидат избрани за членови се правници кои имаат висок професионален и морален интегритет со најмалку 15 години професионално искуство. 11 члена ги избира Собранието, а другите 11 се избираат од страна судските органи. Избраните членови имаат мандат од 5 години без право на реизбор веднаш по истекување на мандатот. Состаноците на Советот ги води Министерот за правда без право на глас.Холандија: Правосуден совет Правосудниот совет на Холандија е дел од правосудниот систем но не управува со правосудството како такво. Советот има преземено обврски за многу задачи од Министерството за правда. Овие задачи се оперативни по природа и опфаќаат алокација на буџетот, контрола над управувањето со финансиите, персонална политика, ИКТ и слично. Советот ги поддежува судовите во извршувањето на задачите од овие области. Друга основна задача на Советот е да промовира квалитет во правосудството и да дава совети за новата легислатива која има импликации на управувањето во правосудството. Составен е од 4 члена од кои 2 доаѓаат од правосудството, а 2 претходно биле на високи позиции во Владините сектори. Советот има Биро кое ги помага сите активности и врши подготвителни работи кои ќе бидат потребни. Членовите на Советот се номинираат со кралски декрет, одлука на кабинетот врз основа на листа на препораки дадени од Министерството за правда. Оваа листа ја составува Министерството за правда во согласност со Советот по претходни консултации во правосудниот систем. Членовите се избираат за период од 6 години со можност за уште еден мандат од 3 години.Белгија: Висок Совет на правдата Кралот ги избира судиите по номинација од страна на Високиот Совет на правдата преку Министерството за правда. Високиот Совет игра одлучувачка улога во именувањето на членовите во правосудството постапувајќи објективно и без партиски влијанија. Советот е составен од 44 членови од кои 22 се судии и јавни обвинители избрани од самите судови и јавните обвинителства, а 22 се надворешни членови, од кои 4 се адвокати членови на Адвокатската комора најмалку 10 години, 3 се универзитетски професори со минимум 10 години професионално искуство, и 4 со универзитетска или еквивалентна диплома и десет години професионално искуство (претставници на медиумите, јавниот сектор, владата, бизнис заедницата и така натаму).Данска: Правосуден совет за именување Правосудниот совет за именување поднесува препораки до Министерството за правда за сите именувања во правосудството освен за Претседателот на Врховниот суд. Во пракса, Министерството за правда секогаш ги следи препораките на Советот. Правосудниот совет за именувања е независен совет чии членови ги именува министерот за правда врз основа на мислењата на Врховниот суд, високите судови, Здружението на дански судии, Генералниот совет на данската адвокатура и правно општество, Националното здружение на локалните власти и Данското здружение за едукација. Советот е составен од 6 члена од кои, 1 судија од Врховниот суд (претседавач), судија од висок суд (заменик-претседавач), окружен судија, адвокат и двајца претставници на јавноста.Унгарија: Национален Совет на правдата Назионалниот Совет на правдата е уставна организација формирана со цел да обезбеди независност на правосудството. Советот се наоѓа во централна позиција одржувајќи јасна поделба на законодавната, судската и извршната власт. Меѓу основните функции на Советот се да врши именување и разрешување на претседателите на судовите и да дава препораки на Претседателот на државата за именување и разрешување на судии. Националниот Совет на правдата има вкупно 15 члена, од кои 9 се судии со мандат од 6 години избрани од страна на судиите. Останатите членови се членови по функција и тоа: Претседателот на Врховниот суд, 3 членови избрани од Министерот за правда, Главниот Јавен Обвинител и Претседателот на Адвокатската комора, како и два члена избрани од Собранието предложени од страна на Уставно-Судската Комисија и Буџетско-финансиската Комисија.Велика Британија: Судска Комисија за именување Судската Комисија за именување е независна комисија што ги избира кандидатите за судска служба во судовите и трибуналите во Англија и Велс и за некои трибунали чии надлежности се проширени и на територијата на Шкотска и Северна Ирска. Комисијата е составена од 15 члена. Само 3 од овие члена ги избира Советот на судии, а останатите членови се избираат преку отворен повик за претставници на правосудството, правната професија, трибунали и јавноста.Грција: Врховен Судски Совет Врховниот судски совет донесува одлуки за унапредување, доделување на обврски, преместување и преместување на друга служба на судиите со претседателски декрет. Овој совет е составен од Претседателот на Врховниот суд и од членовите на истиот суд избрани по пат на ждрепка од оние судии кои работат во судот најмалку две години. Јавниот обвинител на Врховниот граѓански и кривичен суд учествува во Советот за прашања кои се однесуваат на граѓанската и кривичната постапка. Генералниот претставник на државата во Ревизиониот суд учествува во самата работа на Судскиот совет.Кипар: Висок суд на правдата Високиот суд на правдата во Кипар е составен од 4 члена од кои 2 се грчки судии, 1 турски судија и 1 неутрален судија. Неутралниот судија истовремено е и Претседател на судот и има право на глас како за двајца. Претседателот и останатите судии на овој суд се именуваат од страна на Претседателот и Потпретседателот на државата. Неутралниот судија не е државјанин односно граѓанин на Република Грција ниту на Република Турција. Членовите на овој суд се избираат од редовите на истакнати адвокати кои имаат високи морали и професионални стандарди. Временскиот период за кој се избираат судиите е 6 години.Естонија: Комисија за испитување на судиите/Врховен суд Судиите се избираат од страна на Комисијата за испитување на судиите која ги испитува апликациите на кандидатите за судии. Оваа комисија е составена од 3 окружни судии и 3 судии од регионалните судови, именувани од страна на Генералната Конференција на судии, 3 судии од Врховниот суд, претставник од Министерството за правда номиниран од министерот, и претставник од Правниот Факултет при Универзитетот на Тарту. Резултатите од испитот се презентираат на Врховниот суд кој врз основа на тоа ги избира кандидатите за судии за окружните и регионалните судови и предлага најмногу до 3 кандидати за секое место. Врз основа на наведените предлози Претседателот на државата донесува одлука за именување.\n0.2.10.5 ПРИЛОГ 3\nЕВРОПСКА КОМИСИЈАБрисел, 9 ноември 2010 годинаСЕЦ (2010) 1332РАБОТЕН ДОКУМЕНТ НА СЛУЖБИТЕ НА КОМИСИЈАТАИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2010во прилог наСООПШТЕНИЕТО НАКОМИСИЈАТА ДО ЕВРОПСКИОТПАРЛАМЕНТ И ДО СОВЕТОТСтратегија за проширување и главни предизвици 2010-2011(КОМ (2010) 660) Секретаријатот за европски прашања интервенираше во текстот заменувајќи ја референцата &bdquo;Поранешна Југословенска Република Македонија&ldquo; со уставното име &bdquo;Република Македонија&ldquo;.Извадок од 2. Политички критериумиПравосуден систем Постигнат е ограничен напредок во спроведувањето на реформата во судството, што е клучен приоритет на Партнерството за пристапување. Во однос на независноста на судството, не е постигнат понатамошен напредок во обезбедувањето на тоа постојните законски одредби да бидат спроведени во пракса. Улогата на Министерот за правда во Судскиот совет сериозно загрижува во однос на мешањето на извршната власт во работата на судството. Не се јасно дефинирани границите помеѓу основата за дициплинска постапка и основата за судско разгледување. Потребни се дополнителни напори со цел да се обезбеди оценувањето на професионалната способност на судиите да не се врши примарно врз основа на квантитативни критериуми, како што е стапката на изменети пресуди, туку и врз основа на квалитативни критериуми со согласност со препораките на Советот на Европа. Назначувањата на некои од членовите на Судскиот совет не беа во согласност со востановените критериуми.\n0.2.10.6 ПРИЛОГ 4\nСТРУКТУРА НА СУДСКИОТ СОВЕТ Врховен суд на Република Македонија-1 член; Виш управен суд-1 член; Управен суд-1 член; Апелационо подрачје Скопје-1 член; Апелационо подрачје Битола-1 член; Апелационо подрачје Штип-1 член; Апелационо подрачје Гостивар-1 член; Припадници на заедниците кои не се мнозинство-3 члена; Собрание на Република Македонија-по предлог на Комисијата за избор и именување (Бадентерово мнозинство)-3 члена; Собрание на Република Македонија-по предлог на Претседателот на Република Македонија (еден припадник на заедниците кои не се мнозинство)-2 члена; Вкупно членови: 15 Членови од судството: 10 Членови надвор од судството: 5\n0.2.11 АПРИЛ 2012 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници (Радмила Шекеринска, с.р.; Гордан Георгиев, с.р.; Наташа Савова, с.р.; Игор Ивановски, с.р.; Тања Томиќ, с.р.; Ана Павловска Данева, с.р; Оливер Спасовски, с.р.; Горан Минчев, с.р.; Благоја Стојановски, с.р.; Самка Ибраимоски, с.р.; Драгиша Милетиќ, с.р.; Марјанчо Николов, с.р.; Маринела Тушева, с.р.; Емилијан Станковиќ, с.р.; Билјана Казанџиска, с.р.; Миле Андонов, с.р.; Голубчо Ангелов, с.р.; Станка Анастасова, с.р.; Андреј Петров, с.р.; Панче Орцев, с.р.; Горан Сугарески, с.р.; Цветанка Иванова, с.р.; Саве Марачков, с.р.; Светлана Мазгалоска Вучетиќ, с.р.; Борче Ставров, с.р.; Јани Макрадули, с.р.; Весна Бендевска, с.р.; Митре Велјаноски, с.р.; Ердоган Сарач, с.р.; Дивна Јофковска Ефтимоска, с.р.; Менде Диневски, с.р.; Стојко Пауновски, с.р.; Тито Петковски, с.р.; Горан Мисовски, с.р.; Соња Мираковска, с.р.; Николче Ацевски, с.р.; Рејхан Дурмиши, с.р.; Фијат Цаноски, с.р.; Ленче Николовска, с.р.; Мевмет Џемајлоски, с.р.; Сафет Бишевац, с.р.; и Ивон Величковски, с.р.;) ПРЕСТАВНИЦИ: Ана Павловска Данева, овластен претставник и Радмила Шекеринска, заменик овластен претставникПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставотна Република МакедонијаСкопје, април 2012 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ви поднесуваме Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.ПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nПричината за изменување на Уставот на Република Македонија е со цел да се обезбеди уставна можност за повратно дејство на законите со кои се уредува кривичното гонење и извршувањето на казните за делата поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатијата со општествен и државен капитал во Република Македонија. Исто така да се создаде можност да нема застареност за овие кривични дела. Во таа насока предлагаме да се дополни членот 52 став 4 на Уставот на Република Македонија каде е наведено дека законите и другите акти немаат повратно дејство. На тој начин ќе се овозможи со оваа уставна одредба да нема застарување на кривичното гонење и извршувањето на казните за кривични дела поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатија со општествен и државен капитал. Заради тоа предлагаме пратениците на Собранието на Република Македонија да ја прифатат иницијативата за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија во насока на создавање уставен основ за процесирање на кривичните дела кој се однесуваат на трансформацијата или продажбата на претпријатија со општествен и државен капитал.\n0.2.14.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ\nСо предложеното изменување на Уставот на Република Македонија се предлага создавање на уставна можност за повратно дејство на законите со кои се уредува кривичното гонење и извршувањето на казните за делата поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатијата со општествен и државен капитал во Република Македонија. Со тоа ќе се овозможи расчистување на сомневањата околу криминалното постапување во текот на процесите на приватизација и казнување на сторителите на тешки кривични дела во текот на трансформација и продажба на претпријатијата со општествен и државен капитал. Оваа одредба не го нарушува принципот на законитост бидејќи не предлага измена на описот на кривичните дела и видот и висината на казната. Предложените измени ќе бидат основ за продолжување на роковите за застарување на кривичното гонење и извршување на казните за одредени противзаконити дела направени во процесот на приватизација односно продажба на претпријатијата со општествен односно државен капитал, а нема да биде основа за ретроактивно воведување на нови кривични дела или нови санкции. Овие измени на Уставот на Република Македонија ќе овозможат уставна можност за повратно дејство на законите со кои се уредува кривичното гонење и извршувањето на казните за делата поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатијата со општествен и државен капитал во Република Македонија. Согласно Уставот на Република Македонија, меѓународните документи и компаративното право, продолжувањето на роковите за застареност, во случај кога застарувањето на кривичното гонење или извршувањето на казните не настапило не претставува повреда на начелото на законитост. Што се однесува за делата за кои веќе настапила застареност, овој амандман не содржи дефинитивни решенија, туку остава можност доколку праксата и толкувањата на Европскиот суд за човекови права тоа го овозможи, со Кривичниот законик да се овозможи примена на уставниот амандман и врз нив.\n0.2.12 АВГУСТ 2013 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници (Силвана Бонева, с.р.; Илија Китаноски, с.р.; Александар Спасеновски, с.р.; Светлана Јакимовска, с.р.; Владимир Ѓорчев, с.р.; Антонијо Милошоски, с.р.; Александар Николоски, с.р.; Косана Николиќ Мазнева, с.р.; Илија Димовски, с.р.; Благородна Дулиќ, с.р.; Веле Ѓорѓиевски, с.р.; Надица Танчева Тулиева, с.р.; Нада Станчевска, с.р.; Ане Лашкоска, с.р.; Бети Кузмановска, с.р.; Васко Пашовски, с.р.; Панче Дамески, с.р.; Весна Пемова, с.р.; Димитар Стевананџија, с.р.; Драган Цуклев, с.р.; Ѓорѓи Коџабашиев, с.р.; Лилјана Затуроска, с.р.; Лилјана Кузмановска, с.р.; Драган Настески, с.р.; Миле Пачемски, с.р.; Сузана Анова, с.р.; Нада Ципушева, с.р.; Павле Саздов, с.р.; Ромео Тренов, с.р.; Ристо Манчев, с.р.; Милорад Додевски, с.р.; Михаило Џолонга, с.р.; Светлана Карапетрова, с.р.; Славе Гошев, с.р.; Христина Рунчева, с.р.; Васко Мицевски, с.р.; Харалампие Шокаровски, с.р.; Цена Матевска Дуза, с.р.; Јордан Пачков, с.р.; Трајчо Димков, с.р.; Елена Павлова, с.р.; Диме Маџовски, с.р.; Васил Пишев, с.р.; Тони Трајановски, с.р.; Дарко Димитриески, с.р.; Марија Рашковска, с.р.; Борислав Стојменов, с.р.; Павле Трајанов, с.р.; Иван Стоилковиќ, с.р.; и Ќенан Хасипи, с.р.;) ПРЕТСТАВНИЦИ: Владимир Ѓорчев, овластен претставник и Силвана Бонева, заменик овластен претставникПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставотна Република МакедонијаСкопје, август 2013 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ви поднесуваме Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.ПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nВо функционирањето на уставниот систем на Република Македонија од донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 до денес, се наметнува потребата од јасно и прецизно уставно дефинирање на бракот како заедница исклучиво на еден маж и една жена. Со Уставот на Република Македонија во членот 40 ставот 1 и 2 е утврдено дека &bdquo;Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон&ldquo;. Измените на Уставот на Република Македонија ќе овозможат прецизно дефинирање на брачната и вонбрачната заедница, поради што се наметнува потребата од измена на овој член и тоа во насока со кој ќе се утврди дека бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, како и дека вонбрачната заедница е заедница исклучиво на еден маж и една жена. Воедно, треба да се уреди прашањето дека ниту една друга заедница на живот освен уставно дефинираната брачна заедница помеѓу еден маж и една жена не може да произведува правни дејствија и последици во Република Македонија. Уставната заштита и јасната дефиниција на бракот ќе овозможи натамошна заштита на децата и афирмација на нивното воспитување во семејна средина каде носачки дел се родителите, односно таткото и мајката, со истовремена поддршка на улогата на самохраните родители. Воедно, децата без родители можат да бидат посвојувани исклучиво во брачна заедница на еден маж и една жена, како и од самохрани родители.\n0.2.14.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ\nСо член 40 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија е утврдено дека &bdquo;Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон&ldquo;. Според член 6 од Законот за семејство е дефиниран бракот и тоа:&bdquo;Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање&ldquo;. Според член 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација е дефиниран бракот и тоа:&bdquo;Бракот е заедница на живот исклучиво на еден маж и една жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството&ldquo;. Со измената на Уставот, оваа правна положба на брачната институција уставно треба да се дефинира како заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Истовремено, треба да се уреди прашањето дека ниту една друга заедница на живот освен уставно дефинираната брачна заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена нема да произведува правни дејствија и последици во Република Македонија. Семејството, бракот, мајчинството, татковството и грижата за децата се меѓу најважните морални обврски. Бракот како заедница е соочен со предизвиците на современото време, обидите за негово редефинирање, деинституционализација и негова постепена маргинализација. Ова е особено важно ако се има предвид дека бракот има огромен ефект врз односите во семејството, врз сопружниците и врз децата, а со самото тоа и врз целото општество и вкупните состојби во општеството. Бракот треба да биде заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, а целта на бракот е емоционална, духовна, физичка и материјална заедница на мажот и жената, како сопруг и сопруга, во цврста и стабилна меѓусебна заедница, базирана врз принципите на рамноправност, доверба и взаемна почит, помагање и разбирање, што како вредности се пренесуваат кон идните поколенија, во согласност со правните прописи на државата. Бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена е составен дел од човечката историја, претставува константа и многувековна традиција на овие простори. Бракот е еден од основните столбови на општеството. Вака дефинираниот брак исклучиво како заедница на еден маж и една жена во Уставот на Република Македонија ќе придонесе институцијата брак да биде дополнително афирмирана и промовирана во нашето општество. Поради исклучителната улога што ја имал во развојот на општествата, бракот станал исклучително значајна форма на правна врска. Моралните, етичките и верските начела на сите религии во Република Македонија го определуваат бракот како заедница на еден маж и на една жена. Од сите овие причини, Република Македонија треба со уставни механизми да ја определи и да ја заштити традиционалната дефиниција за бракот, со јасна поддршка за семејните вредности. На тој начин бракот како заедница ќе биде заштитен, промовиран, афирмиран и јасно дефиниран.\n0.2.13 ЈУНИ 2014 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА ВО НАРЕДНИТЕ ФАЗИ ЗА ДАНЕСУВАЊЕ НА АМАНДМАНИ ЗАРАДИ ПРЕСТАНОК НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: д-р Аднан Јашари, министер за правда и Билјана Бришковска Бошковски, заменик на министерот за правдаПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСОНАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НАУСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСкопје, Јуни 2014 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 27.06.2014 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСОНАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.13.1.1 1. НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nВо членот 60 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека Народната банка на Република Македонија е емисиона банка. Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство. Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон. Целта на овие измени на Уставот е да се интервенира во називот на оваа институција во насока на нејзино реименување во Банка на Република Македонија.\n0.2.13.2.2 2. ДЕФИНИРАЊЕ НА БРАКОТ КАКО ЗАЕДНИЦА ИСКЛУЧИВО МЕЃУ САМО ЕДНА ЖЕНА И САМО ЕДЕН МАЖ\nВо функционирањето на уставниот систем на Република Македонија од донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година до денес, се наметнува потребата од јасно и прецизно уставно дефинирање на бракот како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж. Со Уставот на Република Македонија со членот 40 ставот 1 и 2 е утврдено дека &bdquo;Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон&ldquo;,. Измените на Уставот на Република Македонија ќе овозможат попрецизно дефинирање на брачната заедница, поради што се наметнува потребата од измена на овој член и тоа во насока со кој ќе се утврди дека бракот е заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж.\n0.2.13.2.3 3. УСТАВНА ЖАЛБА\nВо Република Македонија не постои институтот уставна жалба. Имено, во надлежностите на Уставниот суд на Република Македонија, меѓу другите, се утврдени и оние кои се однесуваат на заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.\n0.2.13.1.4 4. СОСТАВ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА​\nРазвојот на судскиот систем во Република Македонија, по осамостојувањето може да се подели на три етапи. Во првата етапа (1991 - 1995 година) тој функционираше во организациона рамка од претходниот систем. Втората етапа започна со донесувањето на Законот за судовите во 1995 година и на другите закони од областа на организацијата на судството, на материјалните и на процесните закони од областа на граѓанското и кривичното право и траеше до донесувањето на уставните амандмани во делот на правосудството во 2005 година. Во овој период посебно е значајно донесувањето на Законот за судовите. Исто така, во 1996 година беше направен генералниот реизбор на судиите во Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија по предлог на Републичкиот судски совет. Републичкиот судски совет е орган воведен за прв пат со Уставот на Република Македонија од 1991 година. Републичкиот судски совет го сочинуваа седум членови кои ги избираше Собранието на Република Македонија од редот на истакнати правници. Републичкиот судски совет имаше надлежност да му предлага на Собранието избор и разрешување на судии; да одлучува за дисциплинската одговорност на судиите; да ја оценува стручноста и совесноста на судиите во вршењето на нивната функција и да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија. Со воспоставувањето на овој орган беше направен значаен чекор кон афирмирањето на независната позиција на судската власт, бидејќи се овозможи во најчувствителната област (изборот и разрешувањето на судиите) оценката да ја дава стручен, а не политички орган. Третата фаза од развојот на судскиот систем во Република Македонија започна со донесувањето на уставните амандмани од XX до XXX во делот на правосудството во 2005 година. Наведените амандмани беа донесени врз основа на Стратегијата за реформа на правосудниот систем со Анекси, усвоена во 2004 година. Стратегијата е поделена на два сегмента што се однесуваат на: судскиот систем и јавното обвинителство. Кон Стратегијата се приложени и Анекси кои ги содржат основните планирани реформски зафати во пенитенцијарниот систем, јавното правобранителство, адвокатурата и нотаријатот. Првиот дел, кој се однесуваше на судскиот систем, ја потенцира важноста на независноста и непристрасноста на судството и на зголемувањето на неговата ефикасност. Како клучни точки кои ја детерминираат независноста на судството се нагласени: селекцијата, изборот и разрешувањето на судиите, нивниот тренинг и финансирањето на судството. Зголемувањето на ефикасноста на судството претпоставува и промени во повеќе сегменти на судскиот систем, со кои треба да се отстранат факторите што влијаат врз одолжувањето на постапките: слабостите во процесното законодавство, несоодветната организациона поставеност на судството, непостоењето систем за алтернативно решавање спорови и нецелосно покривање на судството со информатичка технологија. Основна цел на реформата во правосудството е развивање на европските стандарди во сферата на правдата. Двата клучни столба врз кои се потпира реформата на правосудството се јакнењето на неговата независност и зголемување на ефикасноста. Реформата на правосудството тргнува и ги има за цел следниве принципи: владеење на правото; начелото на поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска; гарантирање на независноста на судството; заштита на правата на граѓаните; гарантирање на еднаков пристап до правдата; и прифаќање на сите релевантни европски стандарди во сферата на правдата како што се Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (2010) 12 за независноста, ефикасноста и одговорнста на судиите како и Европската повелба за статусот на судиите. Во овие меѓународни документи се содржани основните принципи на положбата на судијата кои имаат за цел да обезбедат стручност, независност и непристрасност што секој граѓанин оправдано ги очекува од судството. За обезбедување на овие принципи, во Европската повелба за статусот на судиите е предвидено дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството. Во областа на независноста на судството, согласно насоките дадени во Стратегијата, со уставните амандмани од 2005 година беше востановен Судскиот совет на Република Македонија. Овој самостоен и независен орган на судството ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Имено, меѓу другите, клучна новина е надлежноста на Судскиот совет да ги избира и разрешува судиите и претседателите на судовите и да ја оценува нивната работа. Меѓу другите, во 2005 година беше усвоен Амандманот XXVIII во кој е уредена материјата за составот на членовите на судскиот совет и нивниот мандат. Така, со наведениот амандман е пропишано дека Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Значајна новина во однос на Судскиот совет е неговиот состав. Имено, мнозинство во него имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори. Советот го сочинуваат петнаесет члена. По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда. Осум члена на Советот се од редот на судиите и ги избираат судиите на тајни и непосредни избори. Од овие осум члена тројца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, е пропишано дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници. Во амандманот е уреден и мандатот на избраните членови на Судскиот совет и тој трае шест години, со право на уште еден избор. Исто така, материјата за условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот е уредена со закон. Уставниот амандман ја уредува и материјата за неспојливост со функцијата член на Судскиот совет со вршење други функции. Така, во него е пропишано дека функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон. Во Амандманот XXIX се уредени надлежностите на Судскиот совет на Република Македонија. Имено, Судскиот совет на Република Македонија: - ги избира и разрешува судиите и судиите поротници; - утврдува престанок на судиската функција; - ги избира и разрешува претседателите на судовите; - ја следи и оценува работата на судиите; - одлучува за дисциплинската одговорност на судиите; - одлучува за одземање на имунитетот на судиите; - предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите и - врши други работи утврдени со закон. Во однос на соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците, при изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите, во Амандманот XXIX е пропишано дека ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници. Исто така, во овој амандман е пропишано дека Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон. Заради унапредување на судскиот систем воочена е потребата за унапредување на положбата на судската власт преку имплементирање на највисоките европски стандарди. Во таа насока, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет на Република Македонија и зголемување на бројот на судии членови на Судскиот совет избрани од страна на судиите. Имено, со оваа иницијатива се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет во однос на исклучување на членовите по функција – министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија од составот на Судскиот совет. Исто така, се предлага зголемување на бројот на членови на Советот кои се избираат од редот на судиите, односно се предлага постојниот број од 8 да се зголеми на 10. Наведените измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави, како и и исполнување на Препораките на ГРЕКО. Со тоа ќе се зајакне независноста и самостојноста на судската власт, посебно во процесот на избор и разрешување на судии.\n0.2.13.2.5 5. РЕДЕФИНИРАЊЕ НА НАДЛЕЖНОСТА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА СУДИИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА СУДИЈА ИЛИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД И ВОВЕДУВАЊЕ НАДЛЕЖНОСТ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ\nЕден од меѓународните стандарди во сферата на независноста на судството е оној кој гарантира дека при одлучувањето за дисциплинските санкции судијата има право да поднесе жалба до повисока судска институција. Ова е наведено во Мислењето број 3 на Консултативниот совет на европски судии, точка 72 и во Европската повелба за статусот на судиите, точка 5.1. Имено, со предложената иницијатива се предлага воведување надлежност на Уставниот суд да одлучува по жалба на одлуките на Судскиот совет на Република Македонија за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители на Република Македонија за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител.\n0.2.13.2.6 6. ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА\nВо 2012 година Европската унија во услови на Економска криза ја усвои Спогодбата за фискална стабилност која влезе во сила на 1 јануари 2013 година по нејзината ратификација од страна на 16 држави членки на Европската унија. Во духот на строга финансиска дисциплина се наметнува потребата за нормирање на дефицитот на буџетот во висина најмногу до 3% од БДП, а јавниот долг да се лимитира на ниво од најмноу 60% од БДП. На патот кон Европската унија, Република Македонија иако успешно се справи со светската економска криза со оваа иницијатива се има намера во Уставот превентивно да се вградат механизми коишто гарантираат фискална дисциллина и стабилност, тргнувајќи од најдобрите европски практики по примерот на земјите кои извршија уставни измени во оваа насока и тоа: Словенија, Германија, Полска, Италија, Шпанија, Австрија и други. Овие механизми согласно потребата од измена на Уставот и законите ќе се имплементираат при подготовката на Буџетот на Република Македонија за 2017 година. Основна задача и предизвик на одговорните и современите Влади е обезбедување на фискална одржливост, односно ефикасно управување со јавните финансии, воспоставување на стабилна фискална позиција на долг рок без да се загрози солвентноста во однос на преземените обврски и плаќањето на расходите. По примерот на Европските земји, Владата на Република Македонија предлага да се воведат фискални правила кои обезбедуваат: - рамка за водење на стабилна, предвидлива и одржлива фискална политика; - зголемување на буџетската дисциплина и одговорност;\n- зголемување на кредибилитетот на макроекономската политика;- правична и одржлива распределба на расходите помеѓу сегашната и идната генерација корисници на јавни добра.\n0.2.13.2.7 7. МЕЃУНАРОДНА ФИНАНСИСКА ЗОНА\nСо предложените измени на Уставот на Република Македонија се предвидува создавање на уставна можност за основање на финансиска зона, која би развивала посебна правна и финансиска регулатива по највисоките меѓународни стандарди.\n0.2.13.2.8 8. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА\nВо Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година, за Поглавјето 32. Финансиска контрола, во однос на надворешната ревизија е наведено дека &bdquo;Независноста на ДЗР останува да биде утврдена во Уставот&ldquo;. Ова е значајно и од аспект на исполнување на критериумите за отворање и затворање на пристапните преговори за Поглавје 32. Финансиска контрола, утврдени од Европската комисија во 2006 година, каде како критериум за започнување на преговорите е утврдено &bdquo;Врховната ревизорска институција (ВРИ) да има солидна основа во Уставот и да е регулирана со посебен закон;&ldquo;.\n0.2.14.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ\n0.2.13.2.1 1. НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА​\nКомпаративните искуства покажуваат дека називот на оваа институција дефиниран во Уставот не е соодветен, поради што се јавува потребата од негово менување во Банка на Република Македонија.\n0.2.13.2.2 2. ДЕФИНИРАЊЕ НА БРАКОТ КАКО ЗАЕДНИЦА ИСКЛУЧИВО МЕЃУ САМО ЕДНА ЖЕНА И САМО ЕДЕН МАЖ\nСо член 40 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија е утврдено дека &bdquo;Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон&ldquo;. Според член 6 од Законот за семејство е дефиниран бракот и тоа:&bdquo;Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и опшеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање&ldquo;. Според член 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација е дефиниран бракот и тоа:&bdquo;Бракот е заедница на живот исклучиво на еден маж и една жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството&ldquo;. Со измената на Уставот, оваа правна положба на брачната институција уставно треба да се дефинира како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Семејството, бракот, мајчинството, татковството и грижата за децата се меѓу најважните морални обврски. Бракот како заедница е соочен со предизвиците на современото време, обидите за негово редефинирање, деинституционализација и негова постепена маргинализација. Ова е особено важно ако се има во предвид дека бракот има огромен ефект врз односите во семејството, врз сопружниците и врз децата, а со самото тоа и врз целото општество и вкупните состојби во општеството. Бракот треба да биде заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж, а целта на бракот е емоционална, духовна, физичка и материјална заедница на мажот и жената, како сопруг и сопруга, во цврста и стабилна меѓусебна заедница, базирана врз принципите на рамноправност, доверба и взаемна почит, помагање и разбирање, што како вредности се пренесуваат кон идните поколенија, во согласност со правните прописи на државата. Бракот како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж е составен дел од човечката историја, претставува константа и многувековна традиција на овие простори. Бракот е еден од основните столбови на општество. Вака дефинираниот брак исклучиво како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж во Уставот на Република Македонија ќе придонесе институцијата брак да биде дополнително афирмирана и промовирана во нашето општество. Поради исклучителната улога што ја имал во развојот на општествата, бракот станал исклучително значајна форма на правна врска. Моралните, етичките и верските начела на сите религии во Република Македонија го определуваат бракот како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж. Од сите овие причини, Република Македонија треба со уставни механизми да ја определи и да ја заштити традиционалната дефиниција за бракот, со јасна поддршка на семејните вредности. На тој начин бракот како заедница ќе биде заштитен, промовиран, афирмиран и јасно дефиниран.\n0.2.13.2.3 3. УСТАВНА ЖАЛБА\nОвој институт го имаат воведено повеќе држави. Неговата цел е да се зајакне заштитата на човековите права и слободи дефинирани во Уставот. Во понатамошниот дел од иницијативата е даден компаративен преглед на дел од државите кои ја имаат воведено уставната жалба во нивните правни системи. Со оваа иницијатива се предлага воведување на надлежност на Уставниот суд на Република Македонија да одлучува по уставна жалба, изјавена против поединечни акти или дејствија на државните органи, единиците на локалната самоуправа или носителите на јавни овластувања со кои се повредуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на: дискриминацијата, правото на живот, тортура, правото на слобода на човекот, презумпцијата на невиност и фер судење, слободата на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање институции за јавно информирање, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, почитувањето и заштитата на приватноста, на личниот и семејниот живот, на достоинството и угледот, како и правото на слободно движење, доколку се исцрпени или не се предвидени други национални правни средства за нивна заштита. Воедно, со закон ќе биде уредена постапката за поднесување на уставна жалба, која ќе може исклучиво да ја поднесат само физички и правни лица на кои им се повредени претходно наведените слободи и права, како и рокот за поднесување на уставната жалба. Уставна тужба во Хрватска Во Република Хрватска уставната тужба е регулирана со Уставот, Уставниот закон како и со Деловникот за работа на Уставниот суд. Имено согласно членот 125 од пречистениот текст на Уставот на Република Хрватска (од 15 јануари 2014 година) Уставниот суд на Хрватска одлучува по уставни тужби против поединечни одлуки на државните тела, телата на единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа и на правните лица со јавни овластувања, кога со тие одлуки им се повредени човековите права и темелни слободи, како и правата на локална и подрачна (регионална) самоуправа загарантирани со Уставот на Хрватска. Делот кој е поврзан со постапката по уставната тужба е уреден со Уставниот закон - пречистен текст (3 мај 2002 година). Во главата со 5 (членови 62 до 80) предвидена е заштитата на човековите права и темелните слободи а членот 62 став 1 предвидува дека секој може да поднесе до Уставниот суд уставна тужба ако смета дека со поединечен акт на државните тела, телата на единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа и на правните лица со јавни овластувања со кои се одлучувало за неговите права и обврски, или при сомнение или обвинување за кривично дело, му е повредено човеково право и темелна слобода загарантирана со Уставот, односно уставно загарантирано право на локална и подрачна (регионална) самоуправа. Уставната тужба може да се поднесе само доколку се исцрпени сите други домашни правни средства предвидени со закон. Доколку е допуштен управен спор, ревизија (во парнична или вонпарнична постапка), се смета дека правото средство е исцрпено откако ќе се одлучи по тие правни лекови (член 62 став 3). Во случаите кога станува збор за повреда на правото на судење во разумен рок, уставната тужба може да се поднесе и пред исцрпување на правните средства (член 63 став 1). Уставната тужба може да се поднесе во рок од 30 дена од денот на прием на одлуката. Членот 65 ја предвидува формата на уставната тужба (став 1) како и документацијата која треба да се достави во прилог (став 2). Уставната тужба не го одлага извршувањето на оспорениот акт. По уставната тужба одлучува совет составен од 6 судии (член 68 став 1). Кога не постојат процесни претпоставки за одлучување по уставната тужба (недопуштена, поднесена од неовластено лице и слично) по таквата тужба одлучува совет составен од 3 судии. Советот може да одлучува само едногласно и во полн состав. Доколку не се постигне едногласност или доколку советот смета дека уставната тужба има пошироко значење, по уставната тужба ќе се одлучува на седница на Уставниот суд. Советот одлучува само по оние наводи за повреда на некое уставно правно кои се наведени во тужбата. Уставниот суд со решение ќе ја отфрли уставната тужба доколу не е надлежен да постапува, ако уставната тужба е ненавремена, нецелосна, неразбирлива или недопуштена. Уставниот суд одлучува по уставната тужба со одлука, со која уставната тужба може да се усвои или одбие како неоснована. Доколку се утврди дека уставното право на подносителот на уставната тужба е повредено не само со оспорениот акт, туку и со некој друг акт донесен по тој предмет, Уставниот суд со одлука ќе го укине, целосно или делумно и тој акт. Одлуката, односно решението го потпишува претседателот на советот (доколку по уставната тужба одлучувал совет) или претседателот на Уставниот суд (доколку по уставната тужба се одлучувало на седница на Уставниот суд), како и судијата известител и советник. Со одлуката со која се усвојува уставната тужба, Уставниот суд ќе го укине оспорениот акт и предметот ќе го врати на повторно одлучување. При донесувањето на нов акт, органот надлежен за донесување на таквиот акт е должен да го почитува правното мислење на Уставниот суд наведено во одлуката со која се укиннал актот. Уставна тужба Босна и Херцеговина Уставната тужба во Босна и Херцеговина е предвидена со членот VI точка 3, под б) од Уставот на Босна и Херцеговина. Постапката по уставната тужба е уредена со Правилата на Уставниот суд, кои согласно овластувањата според Уставот, ги носи самиот Уставен суд. Согласно членот 6 точка 3б, од Уставот на БиХ, Уставниот суд има апелациона надлежност по прашањата содржани во Уставот, кога тие се предмет на спор поради пресуда на било кој суд во БиХ. Овој институт пред Уставниот суд, претставува последна инстанца на заштита на човековите права и темелни слободи во БиХ. Уставната тужба (апелацијата) согласно Правилата на Уставниот суд на Бих (донесени на пленарна седница одржана на 23 јануари и 12 февруари 2013 година), може да се поднесе само доколку се исцрпени сите ефикасни правни средства предвидени со закон, и доколку е поднесена во рок од 60 дена од приемот на одлуката на последниот ефикасен правен лек кој што го искористил. Уставниот суд може да ја разгледува апелацијата и тогаш кога нема одлука од надлежниот суд, доколку апелацијата укажува на сериозни кршења на правата и основните слободи заштитени со Уставот или меѓународните документи кои се применуваат во БиХ. Апелацијата се поднесува на посебен образец кој е достапен во Уставниот суд или на веб страната на Уставниот суд и треба да ги содржи: Одлуката на судот која се оспорува, одредби од Уставот или меѓународните документи кои се применуваат во БиХ, кои апелантот смета дека му се повредени, наводи и докази на кои се заснова апелацијата, доколку нема одлука, причини поради кои се поднесува апелацијата, потпис на подносителот и полномошно (доколку подносителот има застапник). При одлучувањето, Уставниот суд ги има во предвид само оние наводи за повреда кои се наведени во апелацијата. По апелацијата Уставниот суд одлучува на пленарна седница со мнозинство на гласови од сите судии на Уставниот суд , како и во Голем совет со мнозинство гласови од сите судии (а најмалку 5 судии). Со одлуката со која се усвојува уставната тужба, Уставниот суд ќе го укине оспорениот акт и предметот ќе го врати на повторно одлучување, освен во случаите кога последиците од кршењето на уставното право можат да се решат на друг начин. При донесувањето на нов акт, органот надлежен за донесување на таквиот акт е должен да го почитува правното мислење на Уставниот суд наведено во одлуката со која се укинал актот. Во определени случаи Уставниот суд може да одлучи и мериторно. Одлуките на Уставниот суд се конечни и обврзувачки. Европскиот суд за човекови права заклучил дека поднесувањето на апелацијата пред Уставниот суд е ефикасно правно средство кое мора да се исцрпи пред да се поднесе апликација до него. Уставна тужба во Словенија Институтот &bdquo;уставна тужба или жалба&ldquo; во Словенија е воведен уште со Уставот од 1991 година. Сепак, овој правен лек станува оперативен дури по донесувањето на Законот за Уставниот суд во 1994 година. Пристапот од уставната тужба во Словенија е прилично широк - покрај правата и слободите загрантирани со Уставот, повод за поднесување на уставна тужба може да претставува секое друго право загарантирано со ратификуван меѓународен договор. Поднесувањето на уставната жалба не подлежи на судски или било какви други такси. Не постои обврска за ангажирање на правен застапник. Уставна тужба може да поднесе секое физичко и правно лице против поединечен правен акт со кое се одлучувало негови права или обврски. Рокот за поднесување на уставна тужба пред Уставниот суд на Словенија изнесува 60 дена од донесувањето на поединечниот акт, односно припуштањето или спорното сторување. Уставната тужба може да се поднесе по искористување на сите можни правни лекови, а по исклучок и пред искористувањето на ваквите средства, на приемр, кога повредата е очигледна. Во рамките на Уставниот суд функционираат граѓански, кривичен и управен совет. Овие совети, составени од тројца судии, во принцип одлучуваат за допуштеноста на секоја уставна тужба. Како правило, за допуштеноста советите одлучуваат едногласно. Притоа овие совети може да ја прогласат поднесената уставна тужба за недопуштена или за очигледно неоснована. Доколку пак истата го помине прагот на допуштеност, за основаноста одлучува пленарната сеница на Уставниот суд, освен со случаи кога станува збор за уставно прашање за кое Уставниот суд веќе претходно одлучувал. Во овие случи одлуката по уставната тужба може да ја донесе и советот на Уставниот суд. Усните расправи во постапката по уставна тужба иако се можни, во принцип, пред Уставниот суд во Словенија се случуваат ретко. Анализите укажуваат дека судовите на пр. Врховниот суд кој во редовна судска постапка постапувал по конкретен предмет во врска со кој е поднесена уставна тужба ретко се произнесуваат во одговор на истите. Доколку Уставниот суд констатира повреда на уставно загрантираните права со поединечен акт, Уставниот суд ја укинува спорната одлука и предметот го враќа на повторно постапување на надлежниот орган на пр. Врховниот суд, или орган на управа во зависност од тоа кој ја сторил повредата. Притоа доколку во постапката по уставна тужба, Уставниот суд дојде до заклучок дека поединечниот акт во врска со кој била поднесена уставната тужба е заснован на неуставен закон или подзаконски акт, во постапка која се одвива на маргините на постапката по уставната тужба може да го укине таквиот акт - при што ваквата одлука има erga omnes ефект. Особено е интересно овластувањето кое произлегува од членот 60 од Законот за Уставниот суд, според кое истиот има право да донесе одлука со која ќе се замени спорната одлука која претставува предмет на уставната тужба. Ова преставува особено силен инструмент во рацете на Уставниот суд во ситуации кога се очекува надлежниот орган да манифестира отпор во донесувањето на одлука која би била во линија со онаа на Уставниот суд по повод конкретната уставна тужба. Ваква надлежност на пример нема Уставниот суд во Хрватска, а Уставниот суд на пример во БиХ ја воведе преку Деловникот на Уставниот суд. Сепак важно е да се истакне дека станува збор за овластување и надлежност кое Уставниот суд во Словенија извонредно ретко го употребува (само неколку пати и тоа во исти случаи кои се однесуваат на воени пензии). Уставна тужба во Србија Во Србија уставната жалба егзистира како посебно правно средство кое може да се покрене против поединечни акти или дејствија на државните органи или организации кои вршат јавни овластувања, со кое е повредено човеково или малцинско право или слобода кои се загарантирани со Уставот на државата, доколку се исцрпени сите правни средства или не се предвидени други правни средства за нивна заштита или пак со закон е исклучена нивната судска заштита. Уставна жалба пред Уставниот суд во Србија може да поднесе секое правно или физичко лице во рок од 30 дена од доставата на поединечниот правен акт донесен во последна инстанца, односно од започнувањето на дејствието или неговиот престанок, кога предет на уставната жалба се дејствија, при што рокот се засметува од денот на сознанието кое подносителот го стекнал за започнувањето односно престанокот на спорното дејствие. Уставниот суд на Србија не може да одлучи наместо органот чиј акт или дејствие е предмет на уставната жалба. Тој единствено одлучува за тоа дали во конкретниот случај постои повреда на човековите или на малцинските права и слободи. Уставниот суд кога констатира повреда на правата односно слободите загрантирани со Уставот, одлучува и во однос на начинот на правичното обесштетување. По исклучок, само во случаи кога Уставниот суд констатира повреда на уставно загарантирано право односно слобода, при што не може на друг начин да се отстранат штетните последици од таквата повреда, тој може да укине поништи поединечен правен акт, со што предметот се враќа на повторно постапување. Притоа Уставниот суд може да забрани определено сторување или да нареди определено сторување, како и да определи рок во кој треба да се отстранат штетните последици од настанатата повреда. Кога уставниот суд со одлука ја усвојува поднесената уставна жалба одлучува дали истата може да претставува основ за надомест на штета. Кога Уставниот суд ќе констатира повреда и како последица ќе поништи определен поединечен правен акт, тогаш последиците кои настануваат од поништувањето на истиот, доколку тој се однесува на повеќе лица, а само некои од не поднеле уставна жалба, одлуката на Уставниот суд односно нејзиното дејствие се проширува и таа има правна важност и во однос на овие лица, под претпоставка дека се наоѓаат во иста правна ситуација. По правило, уставната жалба не го задржува извршувањето на поединечните акти во однос на кои е поднесена. Сепак Уставниот суд има надлежниот под одредени услови да го одложи извршувањето на спорниот поединечен правен акт. Одлуката на Уставниот суд со која е усвоен уставна жалба претставува основа за поднесување на барање за надомест на штета. Ваквото барање се поднесува до Комисијата за надомест на штета, за цел постигнување на спогодба во однос на висината на надоместокот. Доколку Комисијата не го усвои барањето или доколку во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето, Комисијата не донесе одлука, подносителот на уставната жалба може да поднесе барање за надомест на штета пред надлежниот суд.\n0.2.13.2.4 4. СОСТАВ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nСо Амандманот XXVIII во 2005 година е востановен Судскиот совет на Република Македонија како самостоен и независен орган на судството кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Мнозинство во овој орган имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори. Имено, Советот го сочинуваат петнаесет члена. По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда, додека осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови од редот на судиите се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници. Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, пропишано де дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници. Ваквиот состав на Судскиот совет во кој мнозинството се судии избрани на непосредни избори од сите судии во Република Македонија овозможува да се маргинализираат можните политички влијанија во работата на Судскиот совет, особено во постапката за избор и разрешување на судии. Зголемувањето на бројот на судиите членови на Судскиот совет се предлага заради натамошно јакнење на независноста на судството. Предност на овој модел според кој мнозинството на Судскиот совет се судии избрани од сите судии во Република Македонија има за цел да го оневозможи секое можно политичкото влијание врз судството. Исто така, предложените измени на уставот имаат за цел да се избегне секоја можна политизација во процесот на избор и разрешување на судиите, со оглед дека судиите избрани од нивните редови ќе бидат побројни во однос на другите членови. Предложеното решение за зголемување на бројот на судиите членови во Судскиот совет би се реализирало преку измена на Амандманот XXVIII. Во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година, се истакнува дека: &bdquo;Предложената реформа е добредојдена, со оглед на тоа дека има за цел да постигне деполитизација на изборот и разрешувањето на судиите. Присуството на мнозинството на судии во Советот е добредојдено…&ldquo; Во однос на учеството на министерот за правда како член во Судскиот совет, во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година е наведено дека: &bdquo;со цел да се сведе на минимум влијанието на извршната власт, членството на министерот за правда во Државниот судски совет може да биде заменето со право на министерот за правда да присуствува на седниците на Советот или членство без право на глас.&ldquo; Ова прашање беше едно од најдискутабилните и поради несогласувањето на тогашната најголема опозициска партија со предложениот амандман за учество на Министерот за правда во Судскиот совет на Република Македонија, не гласаше за уставните амандмани. Предложените решенија за зголемување на бројот на членовите во Судскиот совет од редот на судиите содржани во Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија се базираат на меѓународните стандарди во оваа област и на компаративните искуства од државите членки на Европската унија. Имено, основните меѓународни стандарди во оваа област се содржани во следниве меѓународни документи: Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (2010) 12 за независноста, ефикасноста и одговорноста на судиите, Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судските совети, како и Европската повелба за статусот на судиите. Во Европската повелба за статусот на судиите е истакнато дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството. Во Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судските совети се истакнува дека судските совети треба да бидат составени или исклучиво од судии или да имаат мешан состав (судии и претставници надвор од судството). Притоа се нагласува дека доколку судските совети се со мешан состав, задолжително е значителното мнозинство да го имаат судиите кои би биле избрани од нивните редови. Во однос на членовите кои се избираат надвор од судството, во мислењето е истакнато дека тие треба да бидат избирани од редот на истакнати правници и универзитетски професори со долгогодишно искуство. Компаративната анализа за составот на судските совети во европските држави покажува дека најголемиот број вакви органи се составени од претставници од судството и претставници надвор од судството. Во повеќето европски држави, судските совети имаат важна улога во именување на судиите. Ова е случај во Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Грузија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Турција. Само во Руската Федерација и Исланд, Врховниот суд е надлежен за именување на судиите. Најголемиот број од судските совети во европските држави се составени од судии и претставници од надворешни професии (академици, адвокати, а понекогаш и претставници од Министерство за правда) - Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Руска Федерација, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Северна Ирска, Шкотска и Англија. Само во неколку европски држави судските совети се составени исклучиво од судии (Кипар, Латвија, Литванија). Исто така, редок е бројот на европските држави каде што судските совети се составени исклучиво од членови со други - надворешни професии (Андора, Чешка, Луксембург, Словенија, Украина). Генерално, компаративната анализа покажува дека судските совети даваат мислење за именување на судии и јавни обвинители, што во определени случаи е задолжително за формалните власти на кои им е доделена надлежноста за именување на судија или јавен обвинител. Најчесто, оваа формална надлежност е доделена на извршната власт, или на Претседателот (Франција, Унгарија, Литванија, Луксембург, Молдавија, Монако, Романија) или на Владата (Малта, Шведска). Именувањата од страна на законодавната власт се поретки (Србија, Словенија). Во другите земји, има судски Комисии или совети надлежни за именување (Данска, Финска, Ирска, Латвија, Норвешка, Полска). Мнозинство од овие совети се составени од судии и правни практичари. Често советите се надлежни за подготовка на предлози за именување. Овие предлози се адресираат до министерствата за правда или парламентите кои се надлежни за формална номинација/именување на судии. Меѓутоа, во Финска именувањето на судиите е во надлежност на Претседателот по препорака од Министерството за правда на номинација од страна на Одборот за судски именувања. Исто така, се забележува дека во Швајцарија, судиите на Врховните кантонски судови и на Федералниот суд генерално се именувани од страна на кантонските парламенти и Федералниот Парламент, додека пак судиите на основните судови се именувани од страна на судиите од Врховните кантонски судови. Врз основа на наведеното се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет преку зголемување на членовите од редот на судиите избрани на тајни и непосредни избори од судиите. Имено, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет во однос на членовите по функција – министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, во насока Судскиот совет да нема членови по функција. Овие измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави.\n0.2.13.2.5 5. РЕДЕФИНИРАЊЕ НА НАДЛЕЖНОСТА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА СУДИИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА СУДИЈА ИЛИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД И ВОВЕДУВАЊЕ НАДЛЕЖНОСТ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ\nСо предложената иницијатива се предлага воведување надлежност на Уставниот суд да одлучува по жалба на одлуките на Судскиот совет на Република Македонија за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители на Република Македонија за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител.\n0.2.13.2.6 6. ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА\nПричините за овој предлог се зајакнување на фискалната дисциплина и фискалната стабилност што е основен столб за стабилен финансиски систем. Утвдувањето на фискални правила претставува темел за фискална одговорност, транспарентност и наменско користење на буџетските средства.\n0.2.13.2.7 7. МЕЃУНАРОДНА ФИНАНСИСКА ЗОНА\nСо создавањето на финансиската зона ќе се поттикне развојот на финансиските услуги во Република Македонија преку создавање на услови за привлекување на меѓународни финансиски и трговски друштва.\n0.2.13.2.8 8. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА\nВо насока на исполнување на критериумите на Европската комисија за обезбедување на независноста на Државниот завод за ревизија, во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – ревизија 2011 година, како краткорочен приоритет е утврдено изготвување на предлог за пристапување за измени на Уставот на РМ, со цел дефинирање на ДЗР како уставна категорија. Реализацијата на овие обврски е во насока на јакнење на независноста на Државниот завод за ревизија.\n0.2.14 ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА\n(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРАВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ XXXIII, XXXIV, XXXV И XXXVI НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања Никола Димитров, министер за надворешни работи и Андреј Жерновски, заменик на министерот за надворешни работиСкопје, октомври 2018 годинаПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСОНАДОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НАУСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nВрз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 8.10.2018 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесе\nПРЕДЛОГ\nЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nСО НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ\n0.2.14.1 НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n0.2.14.2.1 1. ДОДАВАЊЕ НА ПРИДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nВо целиот текст на Уставот на Република Македонија пред зборот Македонија се додава придавката Северна.\n0.2.14.2.2 2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ\nЗаради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.\n0.2.14.2.3 3. ПОЦВРСТА ГАРАНЦИЈА НА ГРАНИЦАТА\nВо членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми. Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми. Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии. Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји.\n0.2.14.2.4 4. ГРИЖА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДИЈАСПОРАТА ВО СТРАНСТВО\nВо членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година кој предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Со уставниот амандман кој се предлага ќе се декларира грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во било каква форма и заради било каква причина.\n0.2.14.2 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ\n0.2.14.2.1 1. ДОДАВАЊЕ НА ПРИДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nЦелта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови. Имено во согласност со договорот ќе биде утврден преоден период за примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија. При тоа ќе има два преодни периода: &bdquo;технички&ldquo; и &bdquo;политички&ldquo;.&bdquo;Техничкиот&ldquo; преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Република Македонија за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот. .&bdquo;Политичкиот&ldquo; преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија. Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.\n0.2.14.2.2 2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ\nЦелта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.\n0.2.14.2.3 3. ПОЦВРСТА ГАРАНЦИЈА НА ГРАНИЦАТА\nЦелта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Со Договорот се потврдува постоечка меѓусебна граница меѓу Република Македонија и Грција како трајна и неповредлива меѓународна граница, при што се презема обврска ниту една од двете држави да нема, ниту да поддржува никакви претензии кон кој било дел од територијата на другата држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебна постоечка граница. Покрај тоа, и Република Македонија и Грција се обврзаа дека нема да поддржуваат какви било вакви претензии кои може да ги изнесат трети страни. Република Македонија и Грција се обврзаа да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата држава и да не поддржуваат какви било активности на трети страни насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата држава. Исто така двете држави презедоа обврска, во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите Нации, да се воздржуваат од закани или употреба на сила, вклучително и од закани или употреба на сила со намера да се наруши нивната меѓусебна постоечка граница.\n0.2.14.2.4 4. ГРИЖА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДИЈАСПОРАТА ВО СТРАНСТВО\nЦелта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Согласно Договорот, Република Македонија и Грција се обврзаа ниту една одредба од Уставот, да не може или не треба да се толкува на начин кој претставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата држава, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%B8_%D0%B7%D0%B0_%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BA%D0%BE%D0%BD_%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 20903, "cyrillic": 0.993}
{"id": "10127", "title": "Политичките убиства во Бугарија/Дел XIX. Антифашистичката борба на Македонците од Пиринска Македонија", "text": "Борбата против реваншизмот и фашизмот. Списокот на убиените Македонци во Бугарија. Новата фаза на борбата. Истепани партизани во селото Лисија. Од докладот на началникот на државната сигурност. Истепани партизани до 1944 год. во Пиринска Македонија. Зошто Пиринска Македонија не се вклучи своевремено во составот на Н.Р. Македонија. Заклучок.\nАнтифашистичката борба на Македонците од Пиринска Македонија започна непосредно по Првата светска војна, кога фашизмот ги пројави своите отворени дејства, организирани преку неговите стари германски орудија што ги врбуваа Фердинанд – Валандовските аферисти Тодор Александров и Александар Протогеров, кои во времето кога Мусолини дојде на власт во Италија во 1922 г. беа успеале да скрпат една своја терористичка организација наречена ВМРО внатре во границите на повоената Бугарија и кои помагајќи им на реваншистичките кругови да дојдат на власт, своевремено правеа диверзија и терор во повоената српско-хрватско-словеначка држава, за да не може истата да се варди на Запад од Италија. Незадоволна од распределувањето на воената пљачка, Италија се послужи со четнички методи на дејствување по ревизионистичка линија: своевремено, подржувајќи ги валандовските „херои“ за безредие на Балканот кои дејствуваа во јужниот дел на српско-хрватската држава, таа ги организира четничките одреди на Д. Анунција, ја нападна српско-хрватската држава од Запад и го зеде градот Ријека.\nМакедонските следбеници на Делчевата ВМРО не можеа да не разберат своевремено кому му служат Тодор Александров и Александар Протогеров и да не му објават борба на фашизмот кој во лицето на тие валандовски херои беше нашол спроводници за своето затврднување на македонски терен во границите на Бугарија.\nКога зборуваме за антифашистичката борба на Македонците, ќе треба да подвлечеме дека таа борба и жртвите кои таа ги даде се рана пројава на желбата и идеалот за југословенско и балканско братство. Непријателите што го извршија нападот во Валандово и страшните крвави злочини и колења во Моравско за време Првата светска војна, кои ги вршеа колењата над Бугари и Македонци, во јуни и септември 1923 год. како и масовите политички убиства на Македонци во цела Бугарија, колењата во Втората светска воја – сите тие крвави дела беа средства за постигнување на една иста цел: да се продлабочи пропаста муѓу Јужните Словени која јасно и длабоко да ги разделува за да не можат никогаш да се обединат.\nНе треба никогаш да ги заборавиме колењата во Моравска област што беа извршени во време на Првата светска војна (види „Спомени“ во в. „Доброволец“ бр. 7-1945 г.) ниту колењата над Србите што ги вршеа бугарските фашисти во Втората светска војна.\nНе треба да се заборават колењата во м. јуни и септември 1923 год. ниту македонските колења во Горна Џумаја во 1924 и 1925 год. ниту пак поединечните политички убиства над Македонците.\nНе треба да се заборават сите жртви на фашизмот до тогаш дури тој не се симне од сцена на животот, во какви и да било форми тој да се јавува, дури не му биде уништена неговата социјална основа која го потхранува. Оти фашизмот предизвикува размирици, вистинска граѓанска војна.\nНо што е фазшизам? Не е ли тоа една форма на хитлеризам? Не ли е империјализмот што им го зеде животот на стотици и илјадници наши сонародници во Егејска Македонија и на стотици и илјадници Грци-демократи и на целиот грчки народ, кому што исто така му беше земена слободата?\nИмперијализмот носи нови раздори, провокации и војни на Балканот и во далечните држави и насекаде во светот. На секаде тој пречи на мирниот развиток особено на Јужните Словени и на сите балкански народи. Не е ли империјализмот тој што ја осуети федерацијата на балканските народи? По силата на какви подбуди се спречени Македонците и македонскиот народ од Приниска Македонија да се обедини со ослободената татковина Народна Република Македонија во ФНРЈ? Кои причини го запреа влегувањето на Бугарија во составот на ФНРЈ? Зошто им се одзедоа правата на Македонците во Бугарија да се организираат во свое засебно македонско политичко малцинство? По кои причини се раскинаа договорените политички и стопански задолженија на земјите со народна демократија со ФНРЈ? Не ли е империјализмот кој ги подбуцнува народите кон агресивни дејствија? Империјализмот не ли им додели оружје на Севернокорејците да ја завладеат Јужна Кореја и да разгорат една војна таму? Кому се должи таа војна?\nНа сите тие прашања одговори се наоѓаат во пројавите на империјализмот. Империјализмот треба да слезе од сцената на животот, или тој останува да пречи на мирот до тогаш дури народите не ги развијат своите сили и не го отстранат. Но дури не биде остранет, тој ќе ја спроведува својата политика на потпалување кавги, и антагонизам. Империјализмот, за да ја запали империјалистичката војна на далечниот Исток, издигна парола: „Независна Кореја – Обединена Кореја“.\nИстиот тој империјализам, за да ја запали војната овде на Балканот, подбуцнува друга агресија и издигнува други нови пароли „Независна Македонија“ – „Советска Македонија“. И овие пароли за Македонија како и тие за Кореја се империјалистички пароли. Тие пароли се уперени против единството на азијатските народи во Далечниот Исток и против балканските народи на Балканот. Но македонскиот народ брзо ја откри политичката тенденција на овие пароли. За сите овие престапни пароли ние ќе зборуваме во книгата „БРП(к) пред судот на историјата“.\nМакедонскиот народ нема да се излаже на таа јадица. Тој сака да се соедини и ќе се соедини кон Народна Република Македонија кога и да е, оти ни бугарскиот народ не оди против волјата на Македонскиот народ за обединување. Тоа е еден проблем што го чека своето справедливо демократско решение, каков што е и проблемот за целосното обединување на бугарскиот народ со ФНР Југославија.\nМакедонскиот народ даде многу жртви дури дојде до ова конкретно разрешение на македонското прашање, кое се овозможи благодарение на победата на народната демократија во Југославија.\nСо вакво разбирање на улогата на Македонија во обединувачкиот процес на Јужните Словени и воопшто балканските народи, Македонците машки се бореа против реакцијата и фашизмот, против класата која стрвно беше фрлила поглед на југ кон Македонија за нејзиното завладување и присвојување. Со тие разбирања тие продолжуваат да се борат. И тоа е скапоценото во нив.\nСекоја идеја која се претворува во реалност е придружена од страданија, мачеништво и крв. Македонската идеја, која е сврзана со идејата за обединување на Јужните Словени и воопшто на балканските народи исто се потопи во крв.\nДолгиот список на жртвите што ние го печатиме овде е резултат на борбата за разбирањата, за целите на македонската борба. Овој список не ги опфаќа жртвите на големобугаризмот во Македонија кога таа беше целата под власта на султанот.\nЌе ги дадеме имињата на убиените Македонци, паднати во границите на Бугарија како жртва на фашистичката озлобеност на големобугарите кои сакаа со крвав терор да го запрат осознавањето на Македонците за слобода и свој самостоен политички и национален живот, за свој одделен културен развиток.\nПо заповед на цар Фердинанд во м. октомври 1914 година беше убиен од заседа бившиот раководител на Струмичката револуционерна област Стојан Георгиев (види ја неговата слика и кратки биографски белешки за него на сл. 1. стр. 33)\nПак по Фердинандова заповед беше убиен од заседа Јане Сандански, најверниот следбеник на Делчева и нај јаросниот заштитник на македонската внатрешност. (Сл. 2. стр. 39).\nТие двајца беа убиени од Фердинанда како противници на војната – Првата светска војна, во која Фердинанд сакаше да ја замеша и Бугарија на страната на централните сили.\nПо катастрофата на Бугарија во ново создадената положба и ревизионистичката цар Борисова политика на 28 јуни 1921 година беше на една од Софиските улици борецот за слободата на Македонија – великиот син на гр. Прилеп Ѓорче Петров. Агентите на круната го убија Ѓорче за да го расчистат патот на ревизионизмот, реваншизмот на Бугарија која цар Борис сакаше одново да ја поведе по патот на својот детрониран татко. Убиецот на Ѓорче беше едно Турче, по име Реџеп, слуга на тутунскиот трговец Анго Попов во гр. Пловдив.\nУбиството на Ѓорче Петров за реваншистите беше сигналот дека ќе започнат истепувањата на привржениците на ВМРО, следбениците на Гоце Делчев (Сл. 3. стр. 45)\nТурчето Реџеп, убиецот на Ѓорче Петров, по заповед на Тодор Александров, беше искасапено поради тоа што кога му ги читале весниците кои ја опишувале биографијата на Ѓорче Петров, покажало покајание и недоверба во дејноста на Тодор Александров и Протогеров кои посегнале на еден таков голем револуционер како што беше Ѓорче.\nВо 1921 година царските агенти Александров и Александар Протогеров го убија кратовскиот војвода Донче Ангелов поради тоа што побарал да се свика еден конгрес на кој би се разгледале делата на организацијата за изминатото време и би се избрало ново редовно раководство на организацијата. Тодора Александров и Александар Протогеров тој не ги признавал за членови на некаков ЦК на ВМРО, оти тие биле дволичници и сами себе се прогласиле за ЦК и говориле и вршеле работи од името на Делчевата ВМРО.\nВо 1922 година Александров и Протогеров, за да се наложат како членови на ЦК на ВМРО, го убија стариот соработник на организацијата Димитар Атанасов Чакаров од с. Ловча, Неврокопско. Физичкиот убиец беше Келпеков, кого тие го назначија за „војвода“. Го убија затова што не признавал организација на чело со Александров и Протогеров.\nВо 1922 година поради истите причини го убија и Димитар Икономов од с. Ловча. Неврокопско.\nВо 1922 година во едно кафене во гр. Неврокоп го убија Христо Караманов од с. Просечен, Драмско, оти не ја признаваше организацијата на Александров и Протогеров и оти откажа да се запише за член на истата.\nВо 1922 година пак истите бандити го убија Пано Лазаров од с. Р’левци, Велешко, оти не му се потчинуваше на Тодор Александров.\nИстата година беше убиен четникот Вене Арсов од Штип, зашто не му се потчини на Тодор Александров и Александар Протогеров и зашто не ја признаваше нивната организација, бидејќи ја сметаше за царска. Истата година заради истите причини беше ранет и Славе Иванов од Штип.\nВо 1922 година во гр. Неврокоп беше убиен Димитар Атанасов, оти не ги признаваше за револуционери царските агенти Тодор Александров и Протогеров. По тој повод бандитите на „револуционерите“ убија и едно овчарче в поле оти познало еден од убиците на Атанасов.\nВо 1922 година „војводата“ Келпеков го обеси кметот на с. Добрени оти не се слагаше да влезе во организацијата што ја организираа во Петричкиот крај Тодор Александров и Александар Протогеров.\nНа 17 септември 1922 година една банда, организирана од Александров и Протогеров, влезе во гр. Неврокоп и уби 17 души и едно дете од 14 години Димитар Бортов. Нападот се изврши со помош и содејство од воените, кои беа неразделен дел од луѓето на Александров и Протогеров. Тие убиства станаа оти граѓаните на Неврокоп не се согласија со обновувањето на една таква организација на чие чело ќе стојат царските луѓе Александров и Протогеров.\nНа 17. IX. Еден од бандата која влезе во Неврокоп ги уби двајцата браќа Карајанови, пак заради тоа што не сакаа да влезат во организацијата на Александров и Прортогеров.\nВо летото 1922 година го убија Андреја Душкин од с. Плевла оти не даде клетва на верност на Александровата ВМРО.\nВо летото истата година го убија и Атанас Душкин пак заради истите причини.\nПак во летото истата година го убија кметот на с. Х’шово, Мелнишко, заради истата причина.\nВо летото на истата година беше обесен Никола Јабуков, пак заради истите причини.\nВо летото на истата година беше обесен Никола Попов од с. Игуменец, Петричко, оти како санданист не влегувал во организацијата на александровците и им пречел на другите да станат нејзини членови.\nВо месец октомври, заради истите причини, го убија Крсто Тошев, оти не дал клетва за верност на Александровците.\nВо истото време убија во с. Демириово двајца души. Го убија и Тома Констандинов од с. Х’шово. Го убија со издајство во с. Крупник.\nВо месец октомври 1922 година бандитите на Александров и Протогеров го убија (обесија) на мостот кај с. Коларево Васила Терзиски оти рекол: „Тие се царски автономисти, а не македонски дејци и не треба да им се верува“.\nВо летото на 1922 година бандитите го обесија Антон поп Иванов од гр. Петрич, оти рекол дека се Александров и Протогеров псеудоавтономисти и царски луѓе.\nВо истата година за истите причини го обесија и Антона Терзиски.\nВо истата година го обесија и Ивана Зајков од с. Ново Село, Петричко, оти кога го канеле да влезе во редовите на организацијата на Александров – Протогеров, тој откажал и изјавил дека тие се познатите царски автономисти.\nИстата година го пречекаа од заседа во Петричко и го убиа капетанот Гавазов – активен офицер, оти отворена зборувал да не се има верба во Протогеров и Александров, бидејќи тие не се никакви автономисти туку авантуристи.\nВо истата година луѓе од бандата го пречекаа и од заседа го убија капетанот Карамфилов, оти отворено зборуваше дека тие се военопрестапници од Првата светска војна, на кои не треба да им верува народот.\nИстата година го убија Стојана Георгиев од село Черешница, Мелнишко, оти кога го канеле агентите на Александров и Протогеров да стане член на нивната организација, тој откажал и не дал клетва.\nВо м. февруари 1923 год. терористите Славко и Иван Георги Дерменџиев го убија неврокопскиот граѓанин Георги поп Атанасов оти не им дал клетва на верност на Александровците.\nИстата година по заповед од Стојан Филипов, тутунскиот трговец и агент на Тодор Александров и Александар Протогеров беше убиен Ангел Чолев од с. Либјахово, Неврокопско. Го дочека „војводата“ Келпеков и од заседа го уби. Стојан Филипов беше главорезец од класа. Тој беше мандатор на двајцата царски автономисти Александров и Протогеров.\nИстата година пак по заповед на Стојан Филипов беше убиен Стефан Урдев од с. Даутли, Серско, од терористите Дрингала и М. Атанасов оти не ја платил глобота од 5.000 лева што му беше одредена да ја внесе во полза на „организацијата“.\nИстата година по заповед на Стојан Филипов беше убиен Дрингал оти се покајал што го извршил убиството на Урдев.\nИстата година, пак по заповед на Стојан Филипов, го убија Стојан Шарланџиев од с. Мусолиште. Шарланџиев беше чиновник во државните имоти. Го убија оти не се согласувал со Александровците за начинот на организирање со убиства.\nВо м. јуни истата година, пак по заповед, од Стојан Филипов, го убија Иван Крнчев од с. Лаки, оти не дал клетва на Александровата и Протогеровата организација.\nПак во истата година, по заповед од Стојан Филипов, го убија Ангел Чолев од с. Либјахово, Неврокопско, кога одел надвор од градот да купува храна за своите деца. Го уби „војводата“ Келпеков оти не ја признавал организацијата на Александров и Протогеров и ги викал царски агенти.\nВо м. јуни 1923 г. беше убиен Тома Ковачев, од с. Лаки, Неврокопско, оти откажал да ги признае царските агенти за автономисти.\nИстиот месец 1923 год. го убија и војводата Симеон Молеров од гр. Банско. Молеров беше бивши радовишки војвода, во 1905 год. идеен централист и федералист. Тој рекол дека не треба да се игра со ВМРО и дека ако е нопходно да се обнови Делчевата организација, ќе треба на чело да дојдат чесни Македонци, а не царски луѓе како Александров и Протогеров.\nИстата година го убија Ахмед Аширов од с. Лошница, Неврокопско, оти не давал клетва за верност.\nИстата година го убија Иван Левков од с. Петрово. Во гр. Неврокоп, го уби испратен терорист, оти не ја признавал организацијата на псевдоавтономистите.\nИстата година синот на Ивана Леков – Леко Иванов, го фатија агенти на царските автономисти и го обесија кај расадникот во гр. св. Врач, оти не ги признавал за револуционери царските агенти.\nИстата година го убија Георги Ковачев од с. Либјахово, Неврокопско, оти не ги признавал царските агенти за револуционери.\nНа 20 март 1923 год. царските автономисти го убија братот на војводата-федералист Стојчо Чочков – Петар Чочков од с. Серникин, Гевгелиско, Христо Стојменов Железнички и Давидко Вангелов од с. Горно Рибница, Петричко. Сите тројца беа федералисти од четата на Илија Пандурски. Враќајќи се од Софија без оружје и изморени, беа пресретнати на патот. Откако ги убија, ги обвинија, дека биле предатели на македонската борба.\nТодор Александров имаше обичај откако ќе ја убије жртвата да’ и припишува измислени дела. По секое убиство Александровците излегуваа во жолтата преса или со брошури, изнесувајќи за истепаните луѓе сочинети обвиненија за кражба и издајство на татковината.\nЕсента 1923 год. го убија водачот на федералистите архитектот Јуруков во едно софиско кафене. Го уби Стефан Каркалјашов, родум од с. Богданци Гевгелиско, по заповед од Александров и Протогеров. Убиецот е истиот кој што го уби подоцна и Петко Д. Петков – еднофронтовец од Б. Н. З. С. (Сл. 6. Стр. 87).\nЕсента 1923 г. со знаење на деветојунската власт го кренаа од дома социјалист-федералист Климент Размов од гр. Охрид. Го уби лично Димитар Г’узданов, кој беше четник на Александров. Го убија оти тој, Климент беше начитан човек и оти имаше храброст и чесност да го разобличува пред македонската емиграција (Сл. 51 Стр. 419).\nВо јуни 1923 год., со знаењето на деветојунската власт, преоблечени стражари го зедоа од дома му свештеникот Милан Конев и некаде го одведоа и убија. Свештеникот бил федералист и не ги признавал царските банди за автономисти.\nИстата година беше изведен од „јавната сигурност“ Димитар Кемалов од гр. Неврокоп и убиен некаде околу Софија; тој беше член на сталното присаствие на Б.З.М.С, кој тогаш беше на власт.Димитар Кемалов беше и приврженик на идеите на Јане Сандански. Го убија како федералист, оти не можеа да го трпат.\nКога стана 9 јуни, Протогеров слободно влегуваше во стаите кај затворените земјоделци и федералисти, и оние што не му беа удобни ги посочуваше на агентите на полицијата, кои после ги извлекуваа од затворот и ги предаваа на неговите „автономисти“.\nВо летото на 1923 год. го убија 30 годишниот Костадин Хаџи Дерменџиев од с. Коњово, Мелнишко. Го убија оти не давал клетва за верност на царските автономисти.\nВо 1923 год. исто така на бел ден, во Софија го убија Колју Тефетчиев, што беше федералист и не ги признаваше царските луѓе за автономисти.\nИстото лето 1923 год. исто така го убија и Благоја Вишнев од гр. Куманово, оти на царските агенти им го оспоруваше правото да се викаат автономисти.\nВо м. јуни 1923 год. Мише Шкартов го излага федералистичкиот војвода Чочков и го одведе во една куќа каде луѓето на Александров го врзааа и убија на непознато место. Стојчо Чочков беше централистички деец. Брат му Тодорчето загина во Воденско во 1905 год. исто како него со измама (Сл. 5. Стр. 69).\nВо летото на 1923 год., во време на деветојунските собитија, царските автономисти узнале дека федералистичкиот војвода Леонид Грчишки родум од с. Грчиште Гевгелиско, бил на лекување во Александровската болница. Една група по заповед на Александров, со лека кола доаѓа во болницата, го креваат од постела и некаде надвор од Софија го убиваат.\nВо летото на и.г. го убија Лазар Фертиката, од гр. Кочани. Го убија на сред ден во Софија, оти на „Валандовските Херои“ им го оспоруваше правото да создаваат организација и во нејзино име да зборуваат и да вршат работа за сметка на Македонија, која ги проколнува како нејзини исчадија, издајници.\nВо летото и.г. деветојунските власти го затвораат бившиот полициски пристав во Св. Врач – Минков и го предаваат на „автономистите“ кои го убиваат, оти и тој не ја признавал нивната организација за македонска и ги викал царски агенти.\nЛетото и.г. испратени терористи одат во гр. Пловдив и го убиваат Желински, од костурските дејци.\nЖелински ги осудуваше „Валандовските Херои“ како военопрестапници.\nЛетото истата година царските автономисти го убија Иван Козаров од с. Савлек, 32 годишен, оти одби да даде клетва на александровската организација.\nЛетото истата година за истите причини го убија Александар Малинов од с. Петрово, на возраст 32 годишен.\nЛетото истата година го убија Иван Нанев од с. Геленово на возраст 40 г. пак оти недал клетва за верност.\nЛетото истата година го убија Јанаки Соколов, 35 годишен, оти не дал клетва за верност на царските автономисти.\nИстото лето го убија Иван Соколов, пак од с. Голешево, за истите причини.\nЛетото истата година го убија Георги Наков од с. Бродоно, жител на гр. Неврокоп, оти не дал клетва на царските автономисти.\nЛетото 1923 год. исто така на една од софиските улици терористот Мито Ѓузданот, по заповед на Тодор Александров го уби бившиот македонски војвода Петар Ангелов, оти тој ги разобличуваше Александров и Протогеров како германски агенти и орудија на цар Борис.\nВо м. јуни 1923 год. го извадија од затворот во гр. Пазарџик, каде што беше затворен од власта Петар Зајаков од гр. Неврокоп и го предадоа на „војводата“ Келпеков, кој со помошта на полицијата го одведе на непознато место и го уби, заради тоа што не ја признавал деветојунската власт и царските автономисти.\nВо м. јуни исто така автономистите на Александров и Протогеров го извадија од затворот на Неврокоп Петар поп Иванов и на непознато место го убија, оти на тие царски агенти не им го признаваше правото да се служат со името на ВМРО.\nВо м. јуни 1923 год. бугарската фашистичка власт го затвори бившиот санданист Стојан Попов од гр. Неврокоп. Царските автономисти на Протогеров и Александров го земаат од областа и го убиваат на непознато место.\nИсто така во м. јуни царските автономисти го извадија од затвор од гр. Пловдив неврокопскиот граѓанин Ангел Петров и го убија на непознатото место. Ангел Петров им го оспоруваше правото на царските луѓе да се служат со името на ВМРО.\nВо Пловдивскиот затвор лежеа многу затворени земјоделци, комунисти и македонски федералисти. Деветојунската власт, плашејќи се од народот и од неговата верна интелигенција, затворија се што беше порабудено и поиздигнато уште на 10 јуни 19223 год., непосредно по успешно извршениот на 9 јуни и.г. ноќен оружен преврат спрема народната власт на Александар Стамболиски и затворените ги избија. Според наредбата на тогашниот пловдивски градоначалник Лико Манов и тутунскиот трговец во гр. Пловдив Анто Попов, родум од гр. Кукуш, најнадарените синови на народот, Македонци и Бугари беа извлекувани од затворите и предавани на луѓето на Тодор Александров и Александар Протогеров, кои со камионетки ги носеа надвор од градот и ги избиваа.\nВо наредбите да се изведуваат луѓето од затвор земаше учество и зетот – главорезец на Тодор Александров – Михаил Монев. Македонците го викаа „Црниот Монев“. Анто Попов тогаш беше назначен од Александров и Протогеров за пунктов началник нивната ВМРО во гр. Пловдив. Македонците Анто Попов го викаа „Делибаша“. Тие двајца имаа неограничено право да извлекуваат од затвор кого сакаат. Целта беше да се заплаши народот, за да се затврди организацијата на буржоазијата, зајакнување на деветојунска власт. Право на безодговорен наредбодател имаше и другиот тутунски трговец Стојан Филипов од гр. Неврокоп. Од сите нив Михаил Јонев имаше најважна задача и беше врска меѓу дворецот и бандитите. Командантот на градот на гр. Пловдив им беше бесприкосновено потчинет на бандитите. Сите власти после 9 јуни за извесно време им беа на располагање на бандитите и тие вршеа се што сакаа. Со тоа се објаснува вадењето на луѓе од затворите и нивното предавање на бандитите Тодор Александров и Александар Протогеров.\nВо летото 1923 година Анто Попов и Лико Манов го извадија од Пловдивскиот затвор Георги Л. Ковачев и му го предадоа на војводата Келпеков кој го изваде во непознат правец, го уби и закопа.\nЛетото истата година, по наредба на Стојан Филипов, беше уапсена Златка Конева Тодорова. По некое време, пак по наредба на Стојан Филипов, истата беше извадена од затворот, одвлечена во непознат правец и убиена.\nЛетото истата година, беше убиен Стојан Тодоров, синот на Златка. Пак по наредба на Стојан Филипов, тој беше изведен од затворот и убиен.\nЛетото истата година беше убиен Георги Галев, оти на царските автономисти не им го признавал правото да се служат со името на ВМРО.\nСтојан Попов од с. Сарлака беше убиен пак затоа што ја откажуваше ползата од задоволувањето на ВМРО со раководството Александар и Протогеров.\nЛетото 1923 год. деветојунските власти го вадат од затвор во Софија Иван Кујунџиев и им го предаваат на царските автономисти кои го изведуваат во непознат правец и го убиваат, оти им го оспорувал правото да ја обноват ВМРО и да се служат со нејзиното име.\nГеорги Кујунџиев – син му на Иван Кујунџиев, беше уапсен во гр. Неврокоп и преместен во затворот во Пазарџик. По наредба на Стојан Филипов, властите го вадат од пазарџискиот затвор и им го предаваат на царските автономисти кои го убиваат на непознато место. Го убиваат пак заради тоа што тој и татко му не ги признавале царските автономисти, и на Александров и Протогеров му го оспорувале правото да се служат со името на ВМРО.\nЗаради истите причини беше убиен и народниот учител Георги Папалезов од гр. Неврокоп.\nКостадин Галев од гр. Банско една ноќ го зеде од дома командирот на 7 гранична рота и го предава на автономистите затоа што Галев не се сложувал со Александров и Протогеров и отворено зборувал дека тие луѓе, со помошта од воените, сакаат да му наложат на пограничното население една своја ВМРО, која нема ништо заедничко со ВМРО на Делчев.\nГригорија Трендафилов го убија оти застапувал федеративни идеи и зборувал за зближување со Србија.\nКрстју Самарџиев, адвокат, го убија оти го поткрепувал зближувањето со Србите и застапувал федеративни идеи.\nДимитар Миленков, родум од с. Крушево, Демирхисарско, фелшер во с. Либјахово, Неврокопско, го убија оти ги застапуваше федеративни идеи.\nДимитар Чепинов, родум од с. Бродле, Серско, настанет во Неврокоп, го убија пак заради истите причини, оти не ги признавал царските автономисти за македонски револуционери.\nАлександар поп Стојанов од с. Вачево беше одведен на 3. XI. 1923 год. од белогардеецот Аспарух – Бесарабец, врангелист, и убиен оти не ја признаваше бандата на Александров и Протогеров за револуционерна и им го откажуваше правото да зборуваат од името на ВМРО.\nГеорги Манушки од с. Вачево беше одведен од белогардеецот Аспарух и заради истите причини убиен.\nЦарските автономисти исто така убија едно Турче под изговор оти имало љубовни врски со една мома.\nВо м. јули 1923 год. го убија Илија Праматаров од с. Драгниште, Мехомиско зашто се противставил на обновувањето на ВМРО од Александаров и Протогеров.\nВо м. октомври исто така беа најдени убиени тројца селани во Мехомиско, оти се противеле на обновувањето на организацијата на Александров и Протогеров.\nЗа истите причини беше убиен и Димитар Магдин.\nЗаради истите причини беше убиен и Петар Иванов Ванковски од с. Горен.\nКога на 23 септември 1923 год. стана септемвриското востание, царските автономисти го убија синот на сестра му на Гоце Делчев – Тодор Чапов; го убија со изговор дека тој бил раководител на Горна Џумаја, на нивната ВМРО, и украл од нивниот склад во Горна Џумаја оружје на организацијата со кое ја наоружал својата чета од 52 члена и повикал на оружено востание против власта. Заради поразот на септемвриското востание Тодор Чопов слегува од гората и се легализира. Царските автономисти ги испофаќаа сите вратени од Чоповата чета и самиот него и го убиваат него и некои од неговите другари, на број 36 човека.\nБидејќи беа во услуга на деветојунската власт, царските автономисти на Протогеров и Александров го фатија во Горна Џумаја комунистот и народниот учител Петар Ацев и го обесија јавно во градот.\nЦарските автономисти исто така го фатија и адвокатот Лесичков во Горна Џумаја и јавно в среде град го обесија.\nЦарските автономисти го убија емигрантскиот деец и федералист Петар Таралајмов затоа што тој со своите доводи им го расипуваше спокојството на царските агенти.\nНа 30 октомври 1923 год. во Военото министерство, на состанокот на кој присуствуваа и претставители на Александровата и Протогеровата ВМРО, по предлог на Иван В’лков беше решено да се убие министерот Никола Генадиев, родум од Битола, познат јавен работник. Го убија Ѓузданов и Радев. Мотивацијата беше оти тој бил во состојба да ги поведе селските маси и да ги кутне деветојунците од власт.\nВо м. септември 1923 год. царските автономисти го зедоа од канцеларија каде што работеше нотаријусот Спас Величков во Горна Џумаја и на јавно место го обесија. Го обесија само затоа што застапуваше комунистички идеи, и што по прашањето за слободата на Македонија и пројавите на Тодора Александров и Александар Протогеров се изјаснуваше одречно.\nНа 9. X. 1923 год. царските автономисти го зедоа од дома во Горна Џумаја Иван Илиев и на јавно место во градот го обесија, оти беше комунист по убедување и по македонското прашање стоеше на позициите на Гоце Делчев. (Сл. 7 Стр. 99)\nЗаради непризнавање на Александров и Протогеров за македонски револуционери беше убиен и селанецот Петар Аврамов.\nАтанас Жигаров беше убиен за истото.\nИлија К. Геров од с. Лаки беше убиен оти не ги признаваше Протогеров и Александров за македонски револуционери.\nНикола Наумов од с. Садово, Неврокопско, беше убиен пак за истите причини.\nТодор Ст. Грнев од с. Копривлен, Неврокопско, го убија пак за истите причини. Димитар Попов од с. Водлево беше убиен за истите причини.\nВо време на деветојунските и септемвриските настани во гр. Неврокоп паднаа 80 души граѓани. Сите тие луѓе беа избиени од таканаречените луѓе на Александров и Протогеров.\n1923 год. во гр. К’устендил за федеративни идеи беше убиен од царските автономисти Димитар Великанов. Тој е родум од гр. Неврокоп.\nЗаради Цанковиот режим, од Пазарџишко избегале 6 души сомисленици на симнатиот од власт Александар Стамболиски и отишле во Грција. Грчката власт по недоразумение ги враќа на бугарската погранична власт. Командирот на 7 погранична чети ги предава на царските автономисти кои после ги избиваат.\nЗаради режимот на Цанков после 9 јуни, 17 души едномисленици на симнатиот од власт Александар Стамболски избегале во Пиринска Македонија. Командирот на 7 погранична чета ги фаќа и тие на границата и ги предава на царските автономисти кои ги истепуваат зад казармите на гр. Неврокоп.\nПо наредба на Стојан Филипов, терористот Бозолука го уби Георги Мутафчиев од с. Сатовча, Неврокопски. Го уби оти Александров и Протогеров не ги признавал за македонски револуционери.\nВо 1924 год. го убија Георги Томов од с. Сатовча, Неврокопско, пак за истите причини.\nИстата година го убија Лазар К. Божинов од с. Сатовча, пак за истите причини.\nИстата година го убија и Иван Мавродиев од с. Сатовча, Неврокопско пак за истите причини.\nИстата година го убија Ангел Кончалијата од Кочани, оти не ја признавал организацијата на Александров и Протогеров.\nИстата година го убија и Јусуф Анзув за истите причини. Јусуф е родум од с. Албаница.\nИстата година беше убиен и Петар Мангаров од с. Кремена, Неврокопско, пак за истите причини.\nНа 1 септември 1924 год. Дворот и воените на чело со генерал Иван В’лков и Иван Михајлов, преку министерот Станчев и др. лица од деветојунците што управуваа, решија да го убијат Тодора Александров за причини за кои веќе зборувавме, истовремено да ги избијат сите серски револуционери и сите будни Македонци, непријатни за политиката на царот и деветојунците. На тој ден бившите ординарци на министерот Станчев од времето на војната Штере Влахов и Димче Вратенаров, по наредба на Станчев, преку генералот Протогеров го убија Тодора Александров.\nВо септември 1924 год. по повод убиството на Тодор Александров и во врска со решението на круната и деветојунците да се избијат македонските револуционери – следбеници на ВМРО, беше убиен Алесандар Бујанов, член на Серскиот окружен револуционерен комитет и борец против османлиите и против бугарските врховисти. (Сл. Стр. 153)\nВо тоа време воените го зедоа Георги Ковачев од гр. Неврокоп и им го предадоа на царските автономисти кои го убија.\nПо повод убиството на својот агент, Тодор Александров, круната и деветојунците преку својот Неврокопски агент Иван Михајлов го убија Чудомир Кантарџиев, членот на Серскиот окружен револуционерен комитет и борец против бејско-османскиот федерален строј, обвинет во заверата против животот на Тодор Александров.\nВо селото Кремен беа обвинети за непотчинување на организацијата на царските автономисти и подложени на жестоко тепање 40 души селани. 6 души селани беа убиени. Од истото село го тепаа учителот Георги Москов, кметот Димитар, Григор Парпалев, експертот на тутунската кооперација во Разлог наречен „правото“, и уште двајца. На патот меѓу Добриниште и Банско тие го обесија кметот Димитар и Григор Парпалев. Двајца обесија меѓу Бања и Банско, а учителот Георги Москов и Џузданов беа убиени во едно дере под с. Доброиниште.\nЦарските агенти го убија видниот комунист во Горна Џумаја Методи Алексов, обвинет во завера против организацијата на Александров и Протогеров.\nЦарските автономисти исто така не му веруваа дали е со нив. Димитар Пенков е од гр. Неврокоп.\nЦарските автономисти го убија и Георги Чанџев од гр. Неврокоп, оти не бил согласен со нивната дејност и им го оспоруваше правото да стојат на чело на организацијата под името ВМРО.\nЗаради истите причини беше убиен и Илија Мамелов од с. Горна Сушица.\nЦарските автономисти го зедоа од Министерството на финансиите инспекторот Кирил Петров од гр. Кукуш, оти тој беш ефедералист и го убија незнаено каде.\nДимчета Сугарески од с. Сугарица го убија оти не даде клетква на организацијата на Александров и Протогеров.\nВасила Черказов од с. Черешница го убија заради истите причини.\nНикола Лазаров од с. Омарево, го убија за истите причини.\nИнтересно беше учеството на Борис Дерменџиев од гр. Дојран. Тој беше по убедување анархист од групата на Петар Бл’сков, кој дејствуваше во Турција и имаше свое седалиште во гр. Солун. Тој е истиот што го уби шефот на тајната полиција во гр Солун во 1910. Групата на Петар Бл’сков, во која членуваше Борис Дерменџиев, се нарекуваше „црната рака“. Во 1911 година тројца членови од таа група одат по работа во град Кукуш и оседнуваат во куќата на Атанас В’лчев. Без да се сомневаат дека во куќата има настан нелегалци од четата на Тодор Александров, тие паѓаат во клапка и бидуваат задржани. Задржаниете беа Борис Дерменџиев, Јоцо Сантоов и Милан Манолев. Во еден долг разговор со Тодор Александров, од задржаните Борис Дерменџиев се согласува да остане во четата на Александров и на располагање на Александров да врши атентати, а другите двајца беа ослободени. По наредба на Александров, Борис Дерменџиев во пролетта 1911 год. поставува пеколна машина на сред пазар во гр. Дојран, во пазарен ден, и истепува маса Турци пазарџии. По повод на тој атентат Турците, возбудени, исклаа маса Македонци што дошле на пазар во тој ден.\nЗгнасен од својата улога на агент на бугарскиот империјализам, откако се покаја, тој се откажува од делата на Тодор Александров и се отстранува од него. Заради тие причини Дерменџиев го убија.\nВо време на уриетот и по уриетот, во Солун се беа насобрале група анархисти водени од некој си Петар Бл’сков. Во таа група имаше луѓе кои дејствуваа под името „анархисти“ во полза на младотурците што управуваа. Имаше и такви кои под етикетот „анархист“ дејствуваа во полза на цар Фердинанд. Во полза на Фердинанд дејствуваше познатиот денеска големобугарин Ангел Томов, кој за да и’ угоди на инфомбировската политика легнува и станува со мислата дека Македонците од крај време се Бугари.\nКога стана Балканската војна, Ангел Томов, побегна во правец на гр. Кукуш и таму беше спасен од Тодор Александров. По истиот правец, од Солун за Кукуш, побегна и македонскиот војвода Герасим Огњанов. Сите анархисти на чело со Ангел Томов беа спасени а војводата Герасим Огњанов, борецот против големобугарскиот шовинизам го убија.\nМилана Манолев, за кого зборувавме погоре, во април 1925 год. го убија фашистичките полицајци. Го обвинија дека го убил обвинителот Димчев. Убиството на Димчев беше дело на антифашистичката терористичка организација, организирана непосредно за отпор на садистичиските пројави на деветојунските и царски банди на Тодор Александров и Александар Протогеров. Димчев беше убиен затоа што тој покажуваше крајна жестокотст спрема гонетите и под одговорност подведуваните комунисти и земјоделци, против кои Димчев секогаш и во секој случај од судот бараше смртна пресуда.\nЦарските агенти го убија и Игната Тополников од с. Тополница, пак заради тоа што се искажал против Александров и Протогеров и автономистите.\nКаракостов од с. Тополница, го убија пак заради тие причини. Тој беше обесен и оставен да виси неколку дена.\nИлко Кошаров од с. Тополница, го обесија пак заради истите причини.\nБожин Димитров од с. Малко Целија го убија пак за истите причини.\nИван Стоев Коџобашиев го убија пак за истите причини. Убиството стана во с. Рошен.\nТодор Димитров Уланов од с. Леко, Демирхисарско, настанет во с. Пеперица, го убија пак за истите причини.\nАнгел Николов Баков, 20 годишен, од с. Лјахово, настанет во с. Пиперица, го исечуваат на парчиња зошто не сакал да ги издаде луѓето кои биле противнички расположени спрема царските агенти. Во измачувањето на тој младинец како садист се покажал познатиот на населението главорезот Франгата кој му ги сечел рацете а кого подоцна во 1924 год. деветнаестомајците го убија за други причини.\nДавитко В. Пелковски од с. Рибјаново, по настојување на царските агенти Васил поп Димитров, бидува убиен, куќата му е изгорена, а жената интернирана заради непризнавање на организацијата на царските автономисти.\nСтефан Тасков од истото село по настојување на истиот агент беше убиен и куќата изгорена, а женате му интернирана.\nГеорги Манков, земен е од дома и незнаено каде убиен од царските автономисти.\nГеорги Галабов од с. Горен, народен учител, го земаат од дома и незнаено каде, го убиваат.\nХристо Калајџијата и еден негов другар беа убиени пак за тоа оти не и’ се покоравале на царската организација на Александров и Протогеров.\nХристо Давков од с. Лаки го убија и жена му ја интернираа за истите причини.\nАтанас Алексиев од с. Раздел убиен е за истите причини.\nАтанас Г. Пандурски од с. Раздел го убија за истите причини.\nВо почетокот на м. септември 1924 год. како што спомнавме бугарската буржоаска деветојунска влада го уби својот контраагент Тодор Александров и изготви план за избивање на наудобните македонски револуционери.\nПо повод убиствотона Тодор Александров и исполнувајќи го заговорот на круната и деветојунците да ги избијат сите последователи на Делчев, беше убиен народниот пратеник Димо Х. Димов на 13. IX.1924 год. (Сл. бр. 8, стр. 107.)\nПо повод убиството на Тодор Александров и исполнувајќи го планот за заговор против македонските револуционери и Македонците што чесно мислеа, беше убиен редакторот на в. „Илинден“ Арсени Јовков. Тоа стана на 17 септември 1924 год. (сл 8 стр. 107).\nТоа лето беше заклан на операционата маса во Александровската болница серскиот околиски војвода Таската Серски, кој му се довери на професор Александар Станишев да го оперира од апендисит. Професор Александар Станишев стана подоцна министер на внатрешните работи и тој им ги палеше куќите на партизаните, борци против фашизмот. (сл. 12 стр. 113)\nИстото лето на една од софиските улици царските агенти го убија адвокатот Милан Грашев заради тоа што ја напиша брошурата „Мафиите и катастрофите“, во која тој ги опишува Тодора Александров и Александар Протогеров како военопрестапници и ги покажуваа на јавното мислење (Сл. бр. 4, Стр. 58).\nНа 13 септември 1924 год. исто така на сред бел ден, во Софија го убија Славчо Ковачев, по занимање судија, со обвинение дека учествувал во заговорот против Тодора Александров. Славчо беше прекрасна душа. На младите години се беше оддал по линијата на Срафов, но тој бргу си ја увиде грешката и се ориентира кон централизмот. Славчо го убија не како заговорник, оти знаеја дека тој нема да се согласи да дејствува со заговори, туку го убија затова што тој се определи како Македонец и напиша „Катихизис на федералистот“. (Сл. 10, Стр. 123)\nНеколку дена по убиството на Димо Х. Димов и Славчо Ковачев, агентите на Цар Борис го убија и охридскиот војвода Ангел поп Василев. Тој беше обележен како неудобен Македонец, кој би требало да биде отстранет. Исто така го обвинија да учествувал во заверата против Тодор Александров.\nЦар Борисовите агенти го убија македонскиот патриот и комунист Димитар Хаџи Митрев од гр. Кукуш. Кај Работничката партија (к) тој го раководеше одредот за војно обавестување и одредот за преведување преку границата на многуте нелегални кои деветојунската власт ги приморуваше или да одат в затвор или да емигрираат. Откако толку многу жестоко го беа измачиле во дирекцијата на полицијата за да ги издаде луѓето на организацијата, полицијата го фрла од третиот кат и на тој начин го убиваат. (сл. 11, стр. 129)\nПо повод атентатот во катедралата „Св. Недела“ извршен на 18 април 1925 год. беше фатен незамешаниот во атентатот Тано Георгиев, член на ВМРО (обединета) и беше фрлен во печката на Дирекцијата на полицијата.\nПак по повод атентатот во катедралата на „Св. Недела“ беше фрлен во печката на Дирекцијата на полицијата Владо Куртелов од гр. Охрид, бив. Секретар на војводата Стојо Хаџиев, борецот против бејскоосманскиот ред. Владо беше член на ВМРО (обединета).\nПак по повод атентатот во катедралата беше фатен Доне Почето од гр. Кукуш и фрлен во печката на Дирекцијата на полицијата и жив изгорен. Доне Попчето беше телопазител на Димо Хаџи Димов и член на ВМРО (обединета).\nПо повод атентатот исто така беше задржан во Дирекцијата на полицијата Георги Хаџи Делев. Георги беше произведен за офицер во времето на општоевропската војна. Тој и Перо Шанданов, Васил Пондев, Јордан Гјурков и др. биле еден ист набор, посетувале краток офицерски курс за време на војната. Во септемвриските дни 1923 год. сите Македонци кои се наоѓаа во Софија а го беа завршиле тој курс и биле произведени за офицери, по наредба на Тодор Александров и Александар Протогеров ги мобилизираа за раководен кадар на шпицкомандите кои учествувале при задушувањето на септемвриското востание. Кога Иван Михајлов го поканил да се запише во шпицкомандите, Георги откажал. Еднаш Јордан Гјурков му забележал дека божем му пречел на движењето против комунизмот. Георги Хаџи Делев го обвиниле оти во станот на Паница се среќавал и со луѓе од обединетата. За неговото предавање на полицијата се сомнева на некој си Мирчо Киров, кој на Д-р Филип Атанасов во Виена му бил телопазител (охрана) и кој подоцна во в. „Устрем“, органот на фашистичките Македонци во Бугарија, што излегува во Софија, пишува против федералистите. За Георги се интересувал лично генерал Протогеров, по чие настојување него го задржува некој си началник на група Гешев. Во Дирекцијата на полицијата го држале до 7 мај 1925 год. Директорот на полицијата Емануил Начев исто така много се интересувал за Георги, оти сметал дека тој како роднина на Паница ќе биде опасен за нив ако го пуштат на слобода. Заради тие причини Георги го фрлаат во печката во Дирекцијата на полицијата заедно со синот на основувачот на социјализмот во Бугарија – Димитар Благоев.\nНив четиримина Тоно, Кољо, Владо, Доне, Георги... ги предаде Менча Карничева, која живееше во Виена во куќата на Тодор Паница и се сметаше како соработник на ВМРО (обединета).\nНа 8 мај 1925 год. во Бургтеатарот во Виена убиен е и самиот војвода Тодор Паница. (Сл. бр. 15 стр. 177)\nНа 7 јули 1925 год. царските агенти го убија Христо Тодоров Стоев „Разбојников“ од гр, Петрич. Тој беше борец против бејско-османскиот ред со пушка во рака еден од верните луѓе на Јане Сандански.\nСе по повод убиството на Тодор Александров цар Борисовите агенти го убија Георги Скрижовски; тој беше член на Серскиот окружен револуционен комитет. Во послеуриетските борби проповедуваше федеративни идеи, се бореше за федерацијата на Балканските народи.\nСе по повод убиството на Тодор Александров го убија и Георги Пенков, кого го излажува неговиот пријател Вапсарот од Банско. Пенков е родум од гр. Горна Џумаја. Го убија како опасен за круната и големобугарите, како човек кој застапува антифашистички тенденции и се бори за слободата на Македонија.\nБорис Костов, Кирил Костов и Методи Костов – родени браќа, од востаничката чета на Тодор Чопов, по некое време ги фаќаат и убиваат.\nБлизу до Св. Врач од заседа беше убиен Асен Хаџи Василев, оти не ги одобруваше делата на Тодор Александров и Протогеров.\nВојводата Георги Казепов, борец против бејско-османскиот ред, го излагаа да се врати во своето родно село и после го убија, пак заради тоа што се сомневале во него оти тајно работи против царските автономисти. (Сл. бр. 16 стр. 185).\nСимеон Грнев од с. Либјахово, Неврокопско, го убија пак заради тоа што ја откажуваше ползата од дејноста на царските автономисти.\nДимитар Пенчелиев од с. Либјахово беше убиен за истите причини.\nПо убиството на Тодор Александров, како негов заменик Иван Михајлов и убиствата веќе се вршеа со негова согласност и по негова наредба. Во периодот од септември 1924 год. до 1928 год. настанува едно сравнително затишие во политичките убиства во Бугарија. Власта е ангажирана во откривање комунистички конспирации. Во редовите на буржоазијата што управуваше ориентовка на државата. Во тоа време паднува и Протогеров и одново на сцената се појавуваат пладнешките поединечни политички убиства. Во периодот од 1 септември 1924 год. до 1928 г. може би станале убиства кои сме пропуштиле да ги одбележиме. Од убиството на Протогеров наваму убиствата започнуваат со друго темпо и од друга платформа. Оттогаш Иван Михајлов ја зема славата на популарен убиец во името и интересите на царот и германизмот.\nНа 19 август 1932 год. по негова наредба, т.е. по наредба на Иван Михајлов беше одвлечен и убиен Јаким Циков од с. Белица, Разлошко. Истата година на 15-XI. го убија и синот на легендарниот македонски војвода Митре Влаха – Божидар Митрев. Иван Михајловците беа станале особено чувствителни спрема оние македонски дејци кои застапуваа комунистички идеи и сметаа за гордост ако убиеја комунист. Михајловците беа меѓународни елементи и таа психоза во нив се потхрануваше не само од бугарските туку и од меѓународната реакција. (сл. 19 стр. 207)\nВо 1932 год. тие го убија народниот учител Петар Прангов од гр. Разлог. Тој беше учител во с. Вачево. Михајловистите не сакаа да трпат луѓе како Петар Прангов и го убија за да го утврдат своето господство ослабнато со последните собитија околу убиството на Тодор Александров и Мајскиот манифест што беше одобрен и од народот од Пиринска Македонија и емиграцијата во Бугарија и целиот македонски народ.\nНа 22 јуни 1923 год. михајловистите го убија Христо Хролев Графот, оти беше член на ВМРО (обединена). Го убија јавно на една од софиските улици, неоспокојувани и со помошта од Гиргиновата полиција. (Сл. бр. 24 стр. 239).\nНа 24 јануари 1933 год. михајловистите го убија работничкиот народен пратеник во бугарскиот Парламент, Христо Трајков, оти беше член на ВМРО (обединета), и оти во Парламентот го демаскираше лажниот автономизам на михајловистите кои го лажеа јавното мислење дека се борци за слобода на Македонија, а всашност беа цар Борисови слуги. (Сл. 21. Стр. 217)\nНа 8 јули 1932 год. една банда што скиташе по софиските улици го фати на бел ден Симеон Кавракиров. Тој беше пленик во Пиринска Македонија цели две години. Го убија при сменување на режимот, кога деветнаестомајците на 19 мај 1934 год. дојдоа на власт. Терористите михајловисти го убија за да не раскажува за мизеријата што ја вршеа михајловистите во Пиринска Македонија. (Сл. 26 Стр. 245).\nНа 19 јули 1932 год. михајловистите го убија Методи Кацаров од гр. Банско.\nНа 16 декември 1932 год. михајловистите го убија Георги Андрианов, учител од с. Белица, оти тој беше член на ВМРО (обединета) и оти ја разоблиичуваше ВМРО на царските бандити од крилото на Иван Михајлов.\nИстата година го убија Павел поп Пандов, член на ВМРО (обединета), софиски општински советник и член на Гевгелиското братство. Го убија затоа што се бореше чесно и доблесно против псевдоавтономизмот на михајловистите. (Сл. 23 Стр. 227)\nВо летото 1933 год. го убија Митко Сурлев, дејател меѓу емиграцијата во гр. Пловдив. Тој беше член на ВМРО (обединета). Го убија заради тоа што ја разобличуваше М. Н. К. и псевдоавтономистите михајловисти. (Сл. 29 Стр. 275).\nИстата година го убија и Делчо Камберов, член на Гевгелиското братство оти застапуваше прогресивни идеи.\nНа 3 јануари 1932 год. во гр. Станимака го убија Доно поп Дојов од гр. Струмица, претседател на Струмичкото братство во Станимака, оти ги осудуваше псевдоавтономистите михајловисти.\nНа 12 јуни 1932 год. на сред бел ден го убија македонскиот дејател Борис Поцков, родум од гр. Струмица. Го убија за истите причини.\nНа 15 март 1932 год. беше заклан и исечен на парчиња и фрлен во реката Струмица, близу до селото Скрп, Петричко, Атанас Мокренски, оти ги демаскираше псевдоавтономистите михајловисти.\nИстата година го убија така наречениот „Саевчето“ оти го разбрале дека бил член на ВМРО (обединета).\nЗабелешка: Предавствата на членовите на ВМРО (обединета) ги вршеше македонскиот Азев – Мишо Шкартов, от гр. Кавадарци кој беше агент во Дирекцијата на полицијата. Мишо ги предаде Симеон Кавракиров и Саевчето, како и други членови на ВМРО (обединета) веднаш кога ќе ги разбереше дека се членови.\nВо 1932 год. го ранија македонскиот прогресивен деец Александар Мартулков кој беше член на обединената и народен пратеник во бугарскиот Парламент. (Сл бр. 28 стр. 269).\nВо летото 1933 год. го убија Јосиф Николов, родум од гр. Дојран, оти беше член на ВМРО (обединета) и ги демаскираше псевдоавтономистите михајловисти.\nТоа се само еден дел од мачениците на македонската борба за независност и слобода, кои паднаа во братската Бугарија, каде бугарскиот народ им беше дал потслон. Овој список на жртвите ни го даде Екатерина Измирлиева, другарката на Тодор Паница, кој беше убиен во Виена. Некои од убиствата беа своевремено отпечатени во в. „Македонско дело“, што излегуваше во Виена. Некои од убиените ние сме ги изнашле. Има уште многу убиени луѓе чии имиеа не ги знаеме заради кое тие и не фигурираат во нашиов список.\nШто претставува овој овде изнесен список на македонските маченици? Ова е еден траен паметник на мракобесието на бугарските фашисти, кои со крвав терор сакаа да не’ асимилираат. Под раководството на царот со убиствата тие сакаа кај Македонците да го задушат разбудувањето на македонското национално сознание и правото на независен живот како народ одделен од Срби, Бугари и Грци, како одделна самостојна национална единица.\nПознатото изнајдувањ и вклучување во списокот на жртвите на фашизмот на сите паднати во границите на Бугарија и вон од неа владеениот македонски дел – Пиринска Македонија, бара колосално голема работа. Но тоа ние му го оставаме на младото поколение кое го одгледува републиката Македонија во ФНРЈ.\nКога зборуваме за убиствата, особено еважно да се потцрта издржливоста на Македонците од Пиринска Македонија. Гестаповските методи кои се приложија во борбата против македонскиот народ во денешната наша република Македонија, окупирана во 1941 год. од големобугарите, и методите што се прилагаа во Драмско, најарно и најдолго време беа прилагани во Пиринска Македонија и меѓу емиграцијата во Бугарија.\nНо Македонците во Пиринска Македонија не капитулираа од тие методи што ги прилагаа цар Борисовите фашистички влади.\n33 години Македонците од Пиринска Македонија, напоредо со своите собраќа од другите разделени делови на својата татковина со стоицизам трпеа гнет и социјално бесправие.\n33 години ним им се оспоруваше правото да го почитуваат споменот на својот сакан водач и учител, првоносител на македонската револуција – Гоце Делчев и на неговите другари последователи, кои беа убивани од агентите на круната – Тодор Александровците и Александар Протогеровците.\n33 години подземна борба што ја водеше тој челичен народ, кој беше прогонуван, ограбуван и истепуван.\nИ кога во 1941 год. се даде сигналот за оружен отпор против фашизмот, Пиринците ги нарамија пушките и одново ја почнаа борбата која никогаш не беа ја оставиле.\nСписокот на Македонците истепани по политички причини во раната фаза на борбата против фашизмот во Пиринска Македонија, што го дава Горноџумајскиот областен комитет на работничката партија (к) со кратки биографски белешки, ја констатира антифашистичката борба во најновата фаза на титовски стил.\nМакедонците од Пиринска Македонија, исто така и нивните собраќа од Вардарска Македонија, востанаа против фашизмот заедно со братскиот бугарски народ, учествувајќи активно во Отечествениот фронт и во партизанското движење.\nАнтифашистичката борба на Македонците од Пиринска Македонија забележи дела кои никогаш нема да бидат заборавени. Нивната борбеност и упорноста на нивната борба документално ја установува самиот началник на Државната сигурност Никола Гешев во својот доклад за дејствата на Пиринците во м. јуни 1944 год. Фактите што ги изнесува Никола Гешев и некои други револуционерни дела ја сочинуваат целоста на антифашистичката борба на Пиринците за времето од организирањето на партизанските чети до 9 септември 1944 год., денот кога О. Ф. со помошта на Црвената армија ја зеде власта.\nНо да ги одбележиме сега самите историски факти што ја сочинуваа антифашистичката борба на Пиринците. На 29 јануари во с. Лисија, Горноџумајско, се разви борбата меѓу одредот на Арсо Ефтимов Пандурски и војнополициските делови, која траеше неколку часови. Во таа борба загинаа, покрај командирот на одредот, уште и партизаните Васа Спасова Баракова, Асен Лазаров Чаушки, црвеноармејецот од Украина Вањуша, Симеон Величков Календарски, Ана Стојчева Поповска, Стефка Андонова Филипова, Борис Г. Зеков, Спиро Стојанов Филиповски и Славе Константинов.\nПо повод на тој случај обласниот директор со писмо бр. 114 од 21 март 1944 год. пишува до Министерството на внатрешните работи, буџетоконтролниот оддел и моли да му се одобри една сума од 450.000 лева за да награди некои „храбреци“ кои се пројавиле во истепувањето на партизаните во с. Лисија, набројувајќи ги истепаните лица.\nВо м. март 1944 год. со измама и со примка на ренегат – фашистичката полиција успеа да го фати Софрони Мазнев, Иван Михајлов Чаушки и Асен Христов и ги истепаа. – „при обид за бегство“.\nНа 15 април 1944 год. во борба против полицијата и џандармеријата паднаа убиени во с. Осиково партизаните Драготин Динковиќ од Титовата армија и Марко Мошев од Софија, кои се наоѓаа во нелегалност во Горноџумајската област.\nЗа движењето на партизаните Македонци во Пиринска Македонија зборува самиот началник на Државната сигурност Никола Гешев:\n„Имам сведенија дека во минатиот месец се правени обиди да се формираат мали групи, и набележаните луѓе се ставени под надзор. Во Горноџумајската област дејствуваат следните нелегални групи:\n:1. Горноџумајскиот партизански одред со 31 души\n:2. Разлошкиот партизански одред со . . . . . . . . . . . . . . . . . 150 „\n:3. Беровската чета со . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 80 „\n:4. Неврокопскиот грчки и македонски смесен партизански одред со . . . 1000 „\n:5. Дојдениот одред на Сл. Сталенов во Доспат со . . . . . . . . . . . 150 „\n:6. Одредот на мајор Апостолски со . . . . . . . . . . . . . . . . . . 1200 „\nДејноста на партизанските одреди се изразува во набавувањето храна и облекло за четниците.\nИ покрај тоа саботажната и терористичка дејност беше доста силна. Извршени се доста напади на одделни села и општини, од каде партизаните однесле со себе и доста хранителни продукти како сирење, маст, кашкавал, брашно и др. Земен е и крупен и ситен добиток кој е колен исклучиво за храна на четниците, а земени се и коњи кои се употребуваат за пренесување на земените продукти и бојната комора.\nОд гореизложените сведенија се гледа дека бројот на партизаните е поголем од бројот на униформисаната полиција во областа, која во најголем дел е ангажирана за чување на државните установи и имоти. Ете затоа целата тежина на борбата и гонењето на нелегалците е падната на војската и на околиските центри, кои се исто така малубројни и слабо подготвени за партизански дејствија. Од друга страна малите полициски групи лошо се облечени и обосени, поради кое тие се со опаднат дух и скоро без желба за борба против нелегалците.\nТреба да се најде начин да се снабди стражата со алишта, чевли и добро огнострелно оружје за да може борбата против рушителите на државата да биде поефикасна.\nЖандармериската единица од Областа не ги дала резултатите што се очекуваа од неа, оти прекина секаква врска со обавештајната служба на полициските управленија и државната сигурност, што имаше за резултат нелегалците да влезат во Разлог и убијат еден фелдфебел и еден војник.\nОпшто во текот на месецот во реонот на Областа се извршени: 7 саботажи, 44 вооружени напади; забележени се 33 пројави на нелегалците и во борбата со нелегалците убиени се 16 нелегалци, фатени се 27 души и двајца се предале. Од наша страна убиени се 12 души, ранети се 16 души и одвлечени се 22. Интернирани се во Областа 124 души, а ослободени се 5.\nВо нерамната борба против фашизмот до доаѓањето на власт на Отечествениот фронт, Македонците од Пиринска Македонија дадоа стотици жртви кои се гледаа во списокот што овде го изнесовме.\nНо жртви нема само во Пиринска Македонија. Македонци паднаа и во бугарското движење, чие што изнаоѓање би го раширило задатокот во нашиов опис.\nОвде ќе ги изброиме имињата само на оние што паднаа во периодот од 1941 година до 9 септември 1944 год. од моментот кога се кренаа на вооружена борба против фашизмот самите Македонци од Пиринска Македонија. Во тој период паднаа следните лица: Стефан Маленков, Никола Парапунов, Грозден Николов, Станко Лесичков, црвеноармеецот Бањушка, Станој Иванов Крекмански, Арсо Ефтимов Пандурски, Веса Станова Баракова, Лазар Чаушки, Марко Матов, Стојмен Величков Календарски, Драгутин Димковиќ чл. на НОВ, Ана Стојкова, Борис Г. Зајков, Стојо Стоименов, Јордан Златков, Софрони Мазнев, Иван Михајлов Чаушки, Асен Христов, Владо Димитров, Славе Јовков Константинов, Коста Веселинов и многу други.\nСите Македонци што паднаа во борбата против големобугаризмот и шивинизмот имаат свои подвизи и свои богати поучни и наѕидателни биографии.\nНо, ете, сите тие жртви не беа напразно. Македонското прашање се реши правилно. Во заедничката борба со народите на Југославија против фашизмот се создаде Н. Р. Македонија, која се вклучи во Ф.Н.Р.Ј.\nПиринска Македонија, и покрај жртвите пак остана под власта на големобугарите. Б.Р.П.(к), која ја прими власта од Црвената армија на 9 септември 1944 год., не се покажа како марксленинистичка партија, не ја помогна ослободителната борба на македонскиот народ од Пиринска Македонија и му попречи да се соедини кон ослободената од секаков гнер Н. Р. Македонија.\nРаководителите на Б. Р. П. (к) им попречија на Македонците од Пиринска Македонија да изградат своја политичка власт. Спротивно на очекувањата, тие ја потврдија најдената фашистичка угнетувачка духовна положба и политичко наследство, му ја зедоа културната автономија што му ја дадоа во 1947 год. и му попречија да се вклучи во Н.Р. Македонија. (За тоа имаше „протест – отворено писмо“ од иницијативниот комитет на Македонците во Бугарија до Ц. К. на БРП. (к).)\nПо победата над фашизмот и при создадената политичка опстановка на Балканот, се создадоа услови за македонскиот народ да може слободно да ја сфати својата политичка задача и својата политичка улога во процесот на изградувањето на јужнословенското братство и единство. Но за тоа беше нужно на Пиринска Македонија да и’ се даде политичка власт, да се вклучи кон Н. Р. Македонија, и да влезе и Бугарија во општата заедница на јужното Словенство во создадената веќе Федеративна Народна Република Југославија.\nАко по прашањето за вклучување на Егејска Македонија кон Н. Р. Македонија може да се спори за времето и методот на борбата за тоа вклучување поради длабоки меѓународни, објективни, политички и едкономски причини и опстојателства и заради тоа што не е на власт една демократска влада, тоа истото не важи за Пиринска Македонија.\nНо раководството на Б.Р.П. (к) се покажа пореакционерно од власта на Дамаскинос по македонското прашање. И кога тие раководители му дадоа на македонскиот народ од Пиринска Македонија културна автономија и назначија македонски учители, тие пак не беа искрени. Тие го примија тоа со цел да ги одбијат барањата на самото население за неговото присоединување кон Н.Р. Македонија. Давајќи му културна автономија, тие своевремено започнаа пропаганда меѓу македонскиот народ од Пиринска Македонија и меѓу Македонците во Бугарија да не се брза со присоединувањето на Пиринска Македонија кон Н.Р. Македонија, оти поарно било тоа присоединување да стане едновремено со Н. Р. Бугарија, дури Бугарија да биде готова за влегување во составот на Ф.Н.Р.Ј. Таа пропаганда за такво решавање на прашањето за Пиринска Македонија криеше ѓаволски замисли и откриваше една сосема нова и чудовишна страница на провокации, која навистина излезе најаве со решенијата на 16 пленум на Б.Р.П. (к). Ова однесување на раководителите на БРП (к) кон прашањето за Пиринска Македонија, за жалост се објаснува со враќањето на руската политика на Петар Велики на Балканот, која во пракса раководителите на СКП (б) што ја управуваат Советска Русија ги доведе до ревизија на марксизмот-ленинизмот, приложувајќи ги методите на насилие како внатре во територијата на Советскиот Сојуз, така и во земјите со народна демократија, што и’ се потчинети преку партиите што управуваат, а на кои власта им ја даде Црвената армија.\nПолитиката на Советскиот Сојуз по таа линија спрема Бугарија произлегува од невралничната точка што претставува Бугарија во политиката за Босфор и Дарданелите и во проектите на Советскиот Сојуз за прокопување еден канал преку Бугарија со кој да се сврзе Црно Море со Бело море. Тие се условите за новото настојништво над бугарскиот народ од страна на Русите, како што беше и во времето на кнез Батемберг. Тоа го открива и прашањето за новата борба на бугарскиот народ против новото настојништво и потисништво од страна на Советска Русија која ги прикрива своите аспирации на Балканот со информбировската маска.\nВо Бугарија денес зреат услови за борба против тоа ново настојништво, но сега државата ја раководат луѓе кои биле 20 години емигранти во Русија, хипнотизирани од „силниот“ Сталинов авторитет. Тоа пак уште не значи дека раководните лица од Работничката партија исцело и неповратно завлегле во руската тенденција за сметка на независноста на бугарскиот народ. Тој народ ќе најде во себе сили и свои достојни синови кои ќе го отфрлат руското настојништво, за да ја изградат благосостојбата на својот народ во зависност не од руските, туку од бугарските стопански, економски и политички услови.\nЕте заради кои причини остана неразрешено и прашањето за Пиринска Македонија, нејзиното вклучување во составот на Н.Р. Македонија и влегувањето и на Бугарија во составот на ФНРЈ. Но бугарскиот народ го признава правото на македонскиот народ од Пиринска Македонија да се соедини кон НР Македонија и сака да влезе во заедничката фамилија на Јужните Словени – федеративна Народна Република Југославија, створена во процесот на борбата против фашизмот од раководителите на славната Југословенска комунистичка партија на чело со нејзиниот генијален водач Маршалот на Југославија Јосип Броз Тито.\n:Неврокопскиот околиски комитет на Отечествениот фронт\n:No 797\n:29. септември 1947 г.\n:гр. Неврокоп\nВо прилог Ви доставуваме список на загинатите во борбата против фашизмот за времето од 9 јуни 1923 год. до 9 септември 1944 година, во Неврокопската околија.\nВо гр. Неврокоп, во заедничка гробница погребани се после 9 септември 1944 год. околу 30 души убиени другари, останатите се во неизвесност.\nСекретар, (п) не се чита Претседател, (п) П. Андонов.\nОдговорен по културно-просветниот оддел, (п) не се чита.\nСПИСОК\nНа загинатите во борбата против фашизмот во времето од 9 јуни 1923 година до 9 септември 1944 година.\nОд неврокопската околија\nПо сведенија од Неврокопскиот комитет на Отечествениот фронт.\nР. број, Име и презиме, Политичка припадност, Дата на убиството, Околностите под кои е извршено убиството\nНеврокоп\n1., Иван Г. Кујунџиев, земјоделец, 30. IX. 1923 г., Убиен од ВМРО во одбрана на народот од фашизмот\n2., Георги Ив. Кујунџиев, комунист, 2. XI. 1923 г., „\n3., Димитар Пенков, „, 16. VI. 1925 г., „\n4., Тодор З. К'нчев, земјоделец, 8. VII. 1922 г., Во одбрана на земјоделската власт на Стамболиски\n5., Крсто Ив. Самарџиев, демократ, 16. VI. 1923 г., Од ВМРО\n6., Еленка К. К'нчева, „, 8. VII. 1923 г., Убиена со синот и Т. В. К'нчев од ВМРО\n7., Стефан Д. Урдев, „, 20. VII. 1923 г., Убиен од ВМРО\n8., Георги Папалезов, комунист, 16. VI. 1925 г., „\n9., Георги Трендафилов, земјоделец, „, „\n10., Георги Кокалов, „, „, „\n11., Георги П. Анастасов, „, 25. VII. 1925 г., „\n12., Димитар Кокалов, „, 12. IV. 1923 г., Во одбрана на зем. власт\n13., Георги Николов, „, „, „\n14., Костаден П. Иванов, „, „, „\n15., Петар П. Иванов, „, „, „\n16., Димитар Ежков, комунист, 14. V. 1925 г., Убиен од ВМРО\n17., Георги Илија Џамџиев, демократ, 16. VI. 1925 г., „\n18., Димитар Мутавџиев, комунист, „, „\n19., Димитар Алексиев, „, „, „\n20., Констадин Дермеџиев, земјоделец, „, „\n21., Димитар Дермеџиев, „, 20. X. 1923 г., „\n22., Димитар Зајаков, „, 25. VI. 1925 г., Во одбрана на Стамболиски\n23., Светослав Наралиев Архитект, комунист, „ 1932 г., Убиен од ВМРО\n24., Анешти Узунов, „, 5. V. 1923 г., Убиен како партизан\n25., Филип Милушев, комунист, 17. V. 1925 г., Убиен од ВМРО\n26., Тодор Игнатов Мандиев, „, 22. X. 1923 г., „\n27., Димитар Икономов, земјоделец, „, „\n28., Андреј Делипапазов, „, „\n29., Атанас Душков, 22. V. 1923 г., „\n30., Петар Т. Стоев, земјоделец, 16. VI. 1923 г., „\n31., Атанас Т. Коџабашев, „, „, „\n32., Стојан Н. Пандуров, комунист, „, „\n33., Стојан Ив. Крстев, „, „\n34., Георги Ст. Правото, „, „\n35., Панајот К. Монов, „, „\n36., Димитар Четенов, 16. VI. 1925 г., „\n37., Димитар Атанас Чапканов, 1922 г., „\n38., Георги Д. Карајанов, 1923 г., „\n39., Костадин Д. Карајанов, „, „\n40., Атанас Кацаров, „, „\n41., Димитар Баргов, земјоделец, „, „\nс. Добротино:\n42., Димитар С. Дојчинов, 1933 г., „\n43., Спас Илиев Добрев, 1923 г., „\n44., Трендафил Ст. Манев, 1923 г., „\nс. Средија:\n45., Стојан Г. Тупаров, 1925 г., Пребијен од полицијата, се разболел и умрел од Т.Б.Ц. во 1941 г.\nГајтаниполска општина\n46., Илија С. Куљумов, VI. 1935 г., Убиен в Д'бница\n47., Стојан Д. Гудов, VI. 1925 г., Убиен во Д'бница\nс. Теново:\n48., Андон Ст. Хаџиев, 1935 г., Пребијен со ќотек од полицијата, умира во Грција\n49., Иван В. Кинчев, 1933 г., Од тепање во полицијата се умопобркува и умира\nс. Л'ки\n50., Тома Д. Ковачев, V. 1923 г., Убиен од фашистичките банди\n51., Иван Атанасов Крумчев, IV. „, „\n52., Георги поп Георгиев, 1923 г., Убиен во Д'бница\n53., Илија К. Геров, „, „\n54., Пантелеј поп Ангелов, 1923 г., Убиен во Д'бница\nс. Парил:\n55., Атанас Ив. Џингарев, земјоделец, „, „\n56., Божин Атанасов Џолев, „, „\nс. Ковачевица:\n57., Никола Ив. Карталов, „, Убиен од бандата на Ив. Михајлов\n58., Стојан Д. Попов, „, „\n59., Васил П. Даракчиев, 1924 г., Убиен во Д'бница од бандата на Ив. Михаилов\n60., Тодор Младенов, „, „\n61., Георги М. Мутафџиев, „, „\n62., Лазар Д. Карабошков, „, „\n63., Тодор Д. Попов, комунист, 1943 г., Од полицијата во Неврокоп\n64., Георги К. Попов, 1924 г., Во неизвесност.\nс. Копривлаки:\n65., Тодор Симеон Грнев, земјоделец, 1925 г., Одвлечен од дома\n66., Иван К. Калинков, „, „, „\n67., Иван Ангелов Милушев, IX. 1932 г., Исчезнал без трага\nс. Либјахово:\n68., Иван П. Боденов, VI. 1929 г., Во борба против фашизам.\n69., В'лчо Илија Џигалов, X. 1932 г., „\n70., Ангел Ст. Колев, комунист, IV. 1923 г., „\n71., Цветко Т. Кунчев, VII. 1925 г., „\n72., Симеон А. Грнев, земјоделец, „, „\n73., Иван П. Пантелеев, комунист, 19. I. 1931 г., „\n74., Георги Ив. Ковачев, X. 1923 г., „\n75., Лаза Јанакиева Манасиева, IX. 1923 г., „\n76., Димитар Ат. Панчалиев, VI. 1925 г., „\n77., Димитар Д. Паичалиев, комунист, X. 1928 г., „\n78., Никола Т. Унев, „, 3. VI. 1925 г., „\nс. Скребапно:\n79., Апостол Кавраков, 3. VI. 1925 г., Обесен во Д'бница\n80., Костадин В. Хаџиков, 5. VI.1925 г., Од тепање во с. Д'бница\n81., Кирил Т. Лилбов, 6. IV. 1944 г., Како партизан\nс. Раднево:\n82., Мустафа Мехмед Исаев, X. 1932 г., Убиен од ВМРО.\nс. Долен:\n83., Георги Д. Грозданов, IX. 1932 г., Обесен во с. Д'бница\n84., Димитар К. Параказов, комунист, VI. 1925 г., „\n85., Ангел К. Бузов, „, „\n86., Георги Л. Ковачев, земјоделец, 20. VII. 1923 г., „\nс. Огјаново:\n87., Гаврил Ботев, комунист, 29. IX. 1932 г., Убиен од ВМРО.\n88., Георги Рангелов, 1925 г., „\nс. Грлен:\n89., Георги Ангелов Цонев, комунист, V. 1925 г., „\n90., Андон Ив. Донков, „, „, „\n91., Никола Ст. Ужев, „, „, „\n92., Георги Ст. Штеров, „, „, „\n93., Георги Ст. Галев, „, VII. 1923 г., „\n94., Борис Н. Мунчев, „, V. 1943 г., Убиен како нелегален\nс. Обидин:\n95., Георги Москов, 26. VI. 1925 г., Убиен од ВМРО.\n96., Димитар Узунов, 24 „, „\n97., Григор С. Пацулов, „, „\n98., Димитар Гр. Џалев, „, „\n99., Иван Г. Џудаков, 26. VI. 1925 г., „\n100., Благо Д. Мутафчиев, „, „\n101., Стојан С. Ценкин, „, „\n102., Ангел поп Ангелов, комунист, 26. V. 1943 г., Убиен како партизан\n103., Никола Ашавалиев, 1936 г., Починал од тепање.\n104., Илија Тр. Ценкин, Убиен од фашистите\nс. Заграда:\n105., Стојан Н. Георгиев, V. 1923 г., Убиен од ВМРО.\nс. Горјани\n106., Ангел Христов Аврамов, 1925 г., Убиен од ВМРО\n107., Никола А. Копоев, 1925 г., „\n108., Димитар А. Пиринлиев, 1925 г., „\n109., Спасе Ст. Касапов, 6 мај 1930 г., „\nСекретар (п) Крсто Андонов\nОдговорен за културно-просветниот оддел (п) не се чита.\n''Забелешка'': Кон дел II – „''Кнез Фердинанд на политичката сцена''“ – Пропуштено е да се спомени и за убиството на мнистерот Димитар Петков во 1906 год. кој стана жртва на внатрешната политика на старите конзервативци од народњашката партија – стари русофили пливнали во водите на германизмот повлечени од Фердинанд.\nТие истите конзервативци го убија и Алеко Константинов бесмртниот автор на книгата „Бај Гано“. Тие истите конзервативци од народњашката партија, кои беа грбнакот на управувањето од кабинетот на деветојунците, по 9 јуни 1923 година го убија и синот на убиениот министер Д. Петков – народниот пратеник Петко Д. Петков.\nКрајот на сите тие предавства и политички убиства во Бугарија, вршени од фашистите, дојде на 9 септември 1944 год. кога дојде на власт Отечествениот фронт со помошта на Црвената армија.\nВо идниот дел ние ќе ја разгледаме положбата на Бугарија по 9 септември 1944 год. и новата серија од политички убиства, при новата политичка положба во Бугарија, како резултат на политиката на Кремљ.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%94%D0%B5%D0%BB_XIX._%D0%90%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%84%D0%B0%D1%88%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%BE%D0%B4_%D0%9F%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0", "word_count": 11180, "cyrillic": 0.995}
{"id": "9202", "title": "Устав на Социјалистичка Република Македонија (1974)", "text": "(Трет Устав на Македонија, втор како социјалистичка Република во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, вон сила, со важност од 25 февруари 1974 година до 17 ноември 1991 година, со назив Устав на Социјалистичка Република Македонија до 16 април 1991 година и со назив Устав на Република Македонија од 16 април 1991 година)\n1 Устав на Социјалистичка Република Македонија\n1.1 ПРЕАМБУЛА\nТргнувајќи од историскиот факт:\nдека работниците, селаните и сите напредни луѓе на македонскиот народ и на народностите на Македонија, обединети во Народноослободителниот фронт на чело со Комунистичката партија, со својата борба здружени со другите југословенски народи и народности во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција, го урнаа стариот класен поредок заснован врз експлоатација, политичко угнетување и национална нерамноправност и започнаа создавање на општество во кое човечкиот труд и човекот ќе бидат ослободени од искористување и самоволие, а секој народ и народност и сите заедно ќе најдат услови за слободен и сестран развиток;\nдека македонскиот народ, заедно со народностите на Македонија, во заедничката Народноослободителна борба со другите југословенски народи и народности, ја создаде Социјалистичка Република Македонија како национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа, во која се остварија историските стремежи на македонскиот народ за национална слобода и државна самостојност, на народностите за рамноправност и на работничката класа и на сите работни луѓе за социјалистичко општество;\nдека македонскиот народ, врз основа на правото на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, доброволно се соедини со другите народи на Југославија заедно со народностите со кои тие живеат во социјалистичка федеративна заедница на слободни и рамноправни народи и народности, свесен дека само во неа може да обезбеди услови за свој слободен и сестран национален, материјален, политички и културен развиток;\nимајќи предвид дека натамошното продлабочување и постојаното јакнење на нераскинливото братство и единство на југословенските народи и народности и на нивните слободни и рамноправни односи се основа на меѓусебното почитување и заемното гарантирање на националната индивидуалност и слобода, што на македонскиот народ и на народностите им обезбедува сестран размав на нивните творечки сили како во нивни сопствен интерес така и во заеднички интерес на здружените југословенски народи и народности и дека работничката класа и сите работни луѓе на Социјалистичка Република Македонија со сопствена творечка дејност и со заеднички напори на работничката класа и работните луѓе на Југославија оствариле и остваруваат постојан напредок во сите области на општествениот живот, јакнејќи ја материјалната основа и изградувајќи ги и проширувајќи ги социјалистичките самоуправни односи меѓу луѓето;\nсо оглед на тоа што со развитокот на материјалната основа на земјата и на социјалистичките општествени односи, како и со натамошното изградување на односите засновани врз самоуправувањето и националната рамноправност, се остварени битни промени во општествените и политичките односи, кои бараат соодветни измени во Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година и со оглед на тоа што одредбите на тој Устав во одделни области се веќе изменети со уставните амандмани од 1967, 1969 и 1971 година;\nсо стремеж да се зацврстат и натаму да се развиваат постигнатите револуционерни придобивки, да зајакне правото и одговорноста на Социјалистичка Република Македонија за сопствениот развиток и за развитокот на југословенската заедница како целина, да се обезбеди натамошен развиток на социјалистичките самоуправни демократски односи на патот кон ослободувањето на трудот и изградбата на комунистичко општество;\nтргнувајќи од потребата и со новиот текст на Уставот на Социјалистичка Република Македонија кој, покрај измените што се вршат со него, ги опфаќа и со него усогласените одредби на Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година и на Уставните амандмани I до XI, да се зацврсти уставниот систем врз единствени социјалистички самоуправни основи утврдени со договор на социјалистичките републики и социјалистичките автономни покраини во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија;\nизразувајќи ги суверените права на македонскиот народ и на народностите,\nСобранието на Социјалистичка Република Македонија\nдoнесуваУСТАВНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n1.2 УВОДЕН ДЕЛ: Основни начела\n1.2.1 I\nТргнувајќи од правото на секој народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, врз основа на својата слободно изразена волја во заедничката борба на сите народи и народности во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција, а во согласност со своите историски стремежи, свесен дека натамошното зацврстување на братството и единството е во заеднички интерес, македонскиот народ заедно со народностите со кои живее, доброволно се обедини со другите југословенски народи во сојузна република на слободни рамноправни народи и народности и создадоа социјалистичка федеративна заедница на работните луѓе — Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во која, во интерес на секој народ и народност посебно и на сите заедно, остваруваат и обезбедуваат:\n*социјалистички општествени односи засновани врз самоуправувањето на работните луѓе и заштита на социјалистичкиот самоуправен систем;\n*национална слобода и независност;\n*братство и единство на народите и народностите;\n*единствени интереси на работничката класа и солидарност на работниците и на сите работни луѓе;\n*можности и слободи за сестран развиток на човековата личност и за зближување на луѓето и на народите и народностите, во согласност со нивните интереси и стремежи на патот кон создавањето на се побогата култура и цивилизација на социјалистичкото општество;\n*обединување и усогласување на напорите за развивање на материјалната основа на социјалистичкото општество и благосостојбата на луѓето;\n*систем на општествено-економски односи и единствени основи на политичкиот систем, со кој се обезбедуваат заедничките интереси на работничката класа и на сите работни луѓе и рамноправност на народите и народностите;\n*дружување на сопствените стремежи со напредните стремежи на човештвото.\nРаботните луѓе, македонскиот народ и народностите ги остваруваат своите суверени права во Социјалистичка Република Македонија, а во Социјалистичка Федеративна Република Југославија кога е тоа, во заеднички интерес на работните луѓе, народите и народностите со договор на социјалистичките републики и социјалистичките автономни покраини, утврдено со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\nРаботните луѓе, македонскиот народ и народностите на Социјалистичка Република Македонија, заедно со другите работни луѓе, народи и народности на Југославија, одлучуваат во федерацијата врз начелата на спогодување на републиките и автономните покраини, солидарност и заемност, рамноправно учество на републиките и автономните покраини во органите на федерацијата, во согласност со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, како и врз начелото на одговорност на републиките и автономните покраини за сопствениот развиток и за развитокот на социјалистичката заедница како целина.\nВо остварувањето на своите права и должности Социјалистичка Република Македонија соработува со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини и со нив развива меѓусебни односи во остварувањето на задачите од заеднички интерес.\n1.2.2 II\nСоцијалистичкото општествено уредување на Социјалистичка Република Македонија се темели врз единствените основи на социјалистичкиот самоуправен општествен и политички систем на Југославија, утврдени со договор на социјалистичките републики и социјалистичките автономни покраини со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и се засновува врз власта на работничката класа и на сите работни луѓе и врз односите меѓу луѓето како слободни и рамноправни производители и творци, чиј труд служи исклучиво за задоволување на нивните лични и заеднички потреби.\nОсновата на овие односи ја сочинува општествено-економската положба на работниот човек која му осигурува, работејќи со средствата во општествена сопственост и решавајќи непосредно и рамноправно со другите работни луѓе во здружениот труд за сите работи на општествената репродукција во услови и односи на меѓусебна зависност, одговорност и солидарност, да го остварува својот личен, материјален и морален интерес и правото да се користи со резултатите од својот тековен и минат труд и со придобивките на општиот материјален и општествен напредок, на таа основа што поцелосно да ги задоволува своите лични и општествени потреби и да ги развива своите работни и други творечки способности.\nВо согласност со тоа, неприкосновената основа на положбата и улогата на човекот ја сочинуваат:\nопштествената сопственост на средствата за производство, која го исклучува враќањето на кој и да било систем на експлоатација на човекот и која, со укинувањето на отуѓеноста на работничката класа и на работните луѓе од средствата за производство и од другите услови за работа, го обезбедува самоуправувањето на работните луѓе во производството и во распределбата на производите на трудот и насочувањето на развојот на општеството врз самоуправни основи;\nослободувањето на трудот како надминување на историски условените општествено-економски нееднаквост и на зависноста на луѓето во трудот, што се обезбедува со укинување на противречноста меѓу трудот и капиталот и на секој облик на наемни односи, со сестран развиток на производните сили, со подигање на продуктивноста на трудот и со смалување на работното време, со развивање и применување на науката и техниката, со обезбедување на сè повисоко образование за сите и со подигање на културата на работните луѓе;\nправото на самоуправување, врз основа на кое секој работен човек, рамноправно со другите работни луѓе, одлучува за својот труд, за условите и резултатите на трудот, за сопствените и заедничките интереси и за насочувањето на општествениот развој, ја остварува власта и управува со другите општествени работи;\nправото на работниот човек да ги ужива плодовите на својот труд и на материјалниот напредок на општествената заедница според начелото: „Секој според способностите — секому според неговиот труд\", со негова обврска да обезбедува развиток на материјалната основа на сопствениот и општествениот труд и да придонесува за задоволување на другите општествени потреби;\nекономската, социјалната и личната сигурност на човекот;\nсолидарноста и заемноста на секој спрема сите и на сите спрема секого, кои се засновани врз свеста на работните луѓе дека своите трајни интереси можат да ги остваруваат само врз тие начела;\nслободната иницијатива во развивањето на производството и на другите општествени и лични дејности во полза на човекот и на општествената заедница;\nдемократските политички односи, што му овозможуваат на човекот да ги остварува своите интереси, правото на самоуправување и другите права, да ја развива својата личност со непосредна активност во општествениот живот, а особено во органите на самоуправувањето, во општествено-политичките организации и во другите општествени организации и здруженија, што сам ги создава и преку кои влијае врз развивањето на општествената свест и врз проширувањето на условите за својата активност и за остварувањето на своите интереси и права;\nеднаквоста на правата, должностите и одговорностите на луѓето во согласност со уставноста и законитоста.\nОпштествено-економскиот и политичкиот систем произлегува од ваквата положба на човекот и му служи нему и на неговата улога во општеството.\nСпротивен е на општествено-економскиот и политичкиот систем, утврден со уставот, секој облик на управување со производството и со другите општествени дејности и секој облик на распределба кој ги изопачува општествените односи засновани врз ваквата положба на човекот — во вид на бирократско самоволие, технократско узурпирање и привилегии засновани врз монопол на управувањето со средствата за производство, или во вид на присвојување на општествените средства врз групно-сопственичка основа и во други облици на приватизација на тие средства, или во вид на приватно-сопственичка или партикуларистичка себичност, како и секој друг облик на ограничување на работничката класа да ја остварува својата историска улога во општествено-економските и политичките односи и да ја организира власта за себе и за сите работни луѓе.\n1.2.3 III\nОпштествената сопственост, како израз на социјалистичките општествено-економски односи меѓу луѓето, е основа на слободниот здружен труд и на владеачката положба на работничката класа во производството и во општествената репродукција во целина, како и основа на личната сопственост стекната со сопствен труд што служи за задоволување на потребите и интересите на човекот.\nСредствата за производство во општествена сопственост, како заедничка неотуѓива основа на општествениот труд и на општествената репродукција, му служат исклучиво на трудот заради задоволување на личните и заедничките потреби и интереси на работните луѓе и на развитокот на материјалната основа на социјалистичкото општество и на социјалистичките самоуправни односи. Со средствата за производство во општествена сопственост, вклучувајќи ги и средствата за проширена репродукција, непосредно управуваат здружените работници кои работат со тие средства, во сопствен интерес и во интерес на работничката класа и на социјалистичкото општество. Во остварувањето на оваа општествена функција здружените работници се одговорни едни пред други и пред социјалистичката заедница како целина.\nСо општествената сопственост на средствата за производство и со другите средства на трудот му се обезбедува на секој, под еднакви услови, да се вклучи во здружениот труд со општествени средства и, остварувајќи го правото на работа со општествени средства, врз основа на својот труд да стекнува доход за задоволување на личните и заедничките потреби.\nТргнувајќи од тоа дека никој нема право на сопственост на општествените средства за производство, никој — ниту општествено-политичка заедница, ниту организација на здружениот труд, ниту група граѓани, ниту поединец — не може по никаков правносопственосен основ да го присвојува производот на општествениот труд, ниту да управува и располага со општествените средства за производство и за работа, ниту самоволно да ги определува условите за распределба.\nТрудот на човекот е единствена основа за присвојување на производите на општествениот труд и за управување со општествените средства.\nЗа распределбата на доходот на дел кој служи за проширување на материјалната основа на општествениот труд и на дел за задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе согласно со начелото за распределба според трудот, одлучуваат работните луѓе кои го создаваат тој доход, во согласност со меѓусебната одговорност и солидарност и со општествено утврдените основи и мерила за стекнување и распределба на доходот.\nСредствата наменети за обновување и за проширување на материјалната основа на општествениот труд се заедничка основа на одржувањето и развојот на општеството, т.е. на општествената репродукција која, врз основа на самоуправувањето, ја остваруваат работните луѓе во сите облици на здружување на трудот и на средствата и во меѓусебната соработка на организациите на здружениот труд.\nОснова на сите видови здружување на трудот и на средствата на општествената репродукција и на самоуправната интеграција на здружениот труд е основната организација на здружениот труд, како основен облик на здружениот труд во кој работниците го остваруваат неотуѓивото право, работејќи со општествени средства, да управуваат со својот труд и со условите за работа и да одлучуваат за резултатите на својот труд.\nОстварувајќи ги резултатите на заедничката работа како вредност на пазарот во услови на социјалистичкото стоковно производство, работниците со непосредно поврзување, самоуправно спогодување и општествено договарање на своите организации на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и со планирање на работата и развојот го интегрираат општествениот труд, го унапредуваат целокупниот систем на социјалистичките општествено-економски односи и го совладуваат стихијното дејствување на законитостите на пазарот.\nПаричниот и кредитниот систем се составен дел на односите во општествената репродукција засновани врз самоуправувањето на работниците во здружениот труд со општествени средства, а целокупниот доход остварен во тие односи е неотуѓив дел на доходот на основните организации на здружениот труд.\nТргнувајќи од меѓусебната зависност на производствената, прометната и финансиската област на здружениот труд, како делови на единствениот систем на општествената репродукција, работниците во организациите на здружениот труд ги уредуваат своите меѓусебни односи во општествената репродукција и соработуваат врз таква основа која на работниците во производството им обезбедува да одлучуваат за резултатите на сопствениот тековен и минат труд во целината на тие односи.\nРаботните луѓе своите лични и заеднички потреби и интереси во областа на образованието, науката, културата, здравството, социјалната заштита и во другите општествени дејности, како делови на единствениот процес на општествениот труд, ги обезбедуваат со слободна размена и здружување на својот труд со трудот на работниците во организациите на здружениот труд во тие области. Слободната размена на трудот ја остваруваат работните луѓе непосредно, преку организациите на здружениот труд и во рамките или преку самоуправните интересни заедници. Со ваквите односи им се обезбедува на работниците во овие дејности иста општествено-економска положба како и на другите работници во здружениот труд.\nРаботните луѓе, заради што поцелосно, порационално и организирано задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси во општествените дејности и во определени дејности на материјалното производство, заедно со работниците во организациите на здружениот труд на тие дејности, основаат самоуправни интересни заедници во кои остваруваат слободна размена на трудот и непосредно ги уредуваат односите од заеднички интерес. Работниците и работните луѓе основаат самоуправни интересни заедници и заради задоволување на определени свои лични и заеднички потреби и интереси со здружување на средствата врз начелата на заемност и солидарност.\nРаботните луѓе што самостојно вршат дејности со личен труд со средства во сопственост на граѓаните имаат врз основа на својот труд во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работниците во организациите на здружениот труд.\nУживајќи го со уставот утврденото право на сопственост на обработливо земјиште, земјоделците имаат право и обврска да го искористуваат тоа земјиште заради унапредување на земјоделското производство во сопствен интерес и во интерес на социјалистичката заедница. Социјалистичката заедница им дава поддршка на земјоделците во подигањето на продуктивноста на нивниот труд и во слободното здружување во задруги и во други облици на здружување заради унапредување на условите на нивната работа и живот.\nЗаради организирано вклучување на земјоделците во социјалистичките самоуправни општествено-економски односи и унапредување на земјоделското производство, се обезбедуваат услови за неговиот развиток врз основа на општествените средства и општествениот труд, како и услови за здружување на земјоделците и за нивна соработка со организациите на здружениот труд врз начелата на доброволност и рамноправност.\nЗаради изедначување на материјалните услови на општествениот живот и работа на работните луѓе и заради обезбедување на што неусогласен развиток на стопанството како целина, во Социјалистичка Република Македонија му се посветува посебно внимание на побрзиот развиток на производните сили во стопански недоволно развиените краишта и за таа цел се обезбедуваат потребните средства и се преземаат други мерки.\nЗаради унапредување на условите на својот живот и работа, создавање основи за нивна стабилност и за што поцелосно користење на можностите за развој на производните сили на општеството и за зголемување на продуктивноста на својот и на вкупниот општествен труд, заради развивање на социјалистичките самоуправни односи врз таа основа, како и заради совладување на стихијното дејствување на пазарот, работниците во основните и во другите организации на здружениот труд и работните луѓе во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, како и во општините и во Републиката, потпирајќи се врз научните сознанија и врз на нив заснованите оценки за развојните можности, со планирање на својот труд и на развојот ги усогласуваат односите во општествената репродукција и го насочуваат развојот на општественото производство и на другите општествени дејности со своите заеднички интереси и цели утврдени врз самоуправна основа.\n1.2.4 IV\nВо Социјалистичка Република Македонија сета власт и припаѓа на работничката класа во сојуз со сите работни луѓе од градот и селото.\nЗаради изградба на општеството како слободна заедница на производители, работничката класа и сите работни луѓе ја развиваат социјалистичката самоуправна демократија како посебен облик на диктатура на пролетеријатот и тоа го обезбедуваат со:\nреволуционерно укинување и со уставна забрана на секој облик на општествено-економски и политички односи и на организации, засновани врз класна експлоатација и сопственосен монопол и секое политичко дејствување насочено кон воспоставување на такви односи;\nостварување на самоуправување во организациите на здружениот труд, во месните заедници, во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, како и во општествено-политичките заедници и во општеството воопшто, и со меѓусебно поврзување и соработка на тие организации и заедници;\nслободно и рамноправно самоуправно уредување на меѓусебните односи и со усогласување на заедничките и општите интереси на работните луѓе и на нивните самоуправни организации и заедници со самоуправно спогодување и општествено договарање;\nодлучување на работните луѓе во остварувањето на власта и во управувањето со другите општествени работи во основните организации на здружениот труд и во другите основни самоуправни организации и заедници, преку делегации и делегати во органите на управувањето на самоуправните организации и заедници, како и преку делегации и делегати во собранијата на општествено-политичките заедници и во другите органи на самоуправувањето;\nизвестување на работните луѓе за сите прашања од значење за остварување на нивната општествено-економска положба и за што поцелосно и неквалификувано одлучување во вршењето на функциите на власта и на управувањето со другите општествени работи;\nјавност во работата на сите органи на власта и на самоуправувањето и на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции;\nлична одговорност на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции;\nодговорност на органите на власта и на самоуправувањето, сменливост на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции и со ограничување на нивниот повторен избор и поставување на определени функции;\nостварување контрола од работниците и од другите работни луѓе и со општествена контрола воопшто над работата на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции во самоуправните организации и заедници и во општествено-политичките заедници;\nостварување и заштита на уставноста и законитоста;\nопштествено-политичка активност на социјалистичките сили организирани во општествено-политички организации;\nслободна и сестрана активност на луѓето.\nСамоуправувањето на работните луѓе во основните организации на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите основни самоуправни организации и заедници е основа на единствениот систем на самоуправувањето и на власта на работничката класа и на сите работни луѓе.\nЗаради обезбедување услови за својот живот и работа и за општествениот развиток и заради создавање на социјалистичка заедница, работните луѓе во општината, како самоуправна и основна општествено-политичка заедница, и во Републиката, со поврзување на своите организации на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници, со дејствување на општествено-политичките организации, со самоуправно спогодување, со општествено договарање и со функционирање на собранијата како заеднички органи на сите луѓе и на нивните организации и заедници, ги остваруваат своите заеднички интереси, вршат власт и управуваат со другите општествени работи.\nСо уставот утврдените функции на власта и на управувањето со другите општествени работи во општината и во Републиката ги вршат собранијата на општините и Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како избрани и сменливи делегации на работните луѓе во самоуправните организации и заедници и во општествено-политичките организации и други на собранијата одговорни органи.\nЗаради што поцелосно учество на работните луѓе и на сите организирани социјалистички сили во остварувањето на власта и во управувањето со другите општествени работи и заради усогласување на нивните заеднички и општи општествени интереси, органите на општините и на Републиката ги разгледуваат иницијативите, мислењата и предлозите на општествено-политичките организации, заземаат ставови по нив и соработуваат со општествено-политичките организации.\nРаботничката класа и сите работни луѓе и преку државната власт со општозадолжителни норми ги обезбедуваат социјалистичките општествени односи, развојот на општеството и управувањето со општествените работи врз самоуправни основи, ги штитат слободите и правата на човекот и граѓанинот, социјалистичките самоуправни односи и самоуправните права на работните луѓе, ги решаваат општествените судири и го штитат поредокот утврден со уставот.\nСамоуправната положба и правото на работниот човек во основните и другите организации на здружениот труд, во месните заедници, во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, самоуправната положба на работните луѓе во општината, слободното самоуправно здружување, активноста и творештвото на работните луѓе, рамноправноста на народите и народностите и слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот, утврдени со уставот, се основа, граница и насока за остварувањето на правата и должностите на општините и на Републиката во вршењето на функциите на власта.\nОпштествената самозаштита, како функција на самоуправното општество, се остварува со активностите на работните луѓе, граѓаните, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, општествено-политичките и другите организации, општините и Републиката, заради заштита на уставното уредување, самоуправните права на работните луѓе и другите права и слободи на човекот и граѓанинот, заради заштита на општествениот имот, обезбедување на личната и имотната сигурност на работните луѓе и граѓаните и заради слободен општествен развој.\nЗаради остварување и усогласување на своите интереси и самоуправни права во согласност со општите интереси на социјалистичкото општество, како и заради вршење определени општествени работи и развивање на разновидни активности, работните луѓе и граѓаните слободно се здружуваат во општествено-политички и други општествени организации и здруженија на граѓаните, како составен дел на социјалистичкиот самоуправен систем.\nОпштествено-политичките организации, како облик на слободно политичко организирање на работните луѓе врз класни социјалистички основи, се активен чинител на развојот и заштитата на социјалистичкото самоуправно општество.\n1.2.5 V\nСлободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот, утврдени со уставот, се неразделен дел и израз на социјалистичките самоуправни демократски односи во кои човекот се ослободува од секоја експлоатација и самоволие и со својот труд создава услови за сестран развиток и слободно изразување и заштита на својата личност и за почитување на човечкото достоинство. Слободите и правата на човекот и граѓанинот се ограничени само со еднаквите слободи и права на другите и со интересите на социјалистичкото општество. Социјалистичкото општество обезбедува услови за што поцелосно остварување и заштита на слободите и правата утврдени со уставот. Секоја активност со која се нарушуваат овие слободи и права на човекот и граѓанинот им е спротивна на интересите на социјалистичкото општество.\nТргнувајќи од тоа дека образованието, науката и културата се битен чинител на развојот на социјалистичкото општество, зголемувањето на продуктивноста на трудот, развојот на творечките сили на луѓето и сестраниот развој на личноста, хуманизирањето на социјалистичките самоуправни односи и на општиот напредок на општеството, социјалистичката заедница обезбедува слобода на творештвото и создава услови за развој и унапредување на образованието, научното, културното и уметничкото творештво за да служат поуспешно за подигање на творечките способности на работните луѓе, за унапредување на социјалистичките општествени односи и за сестран развиток на слободна и хуманизирана личност.\nВоспитувањето и образованието се засновуваат врз придобивките на современата наука и посебно врз марксизмот, како основи на научниот социјализам и служат за оспособување на работните луѓе за работа и за самоуправување и за нивното воспитување во духот на придобивките на социјалистичката револуција, социјалистичката етика, самоуправниот демократизам, социјалистичкиот патриотизам, братството и единството, рамноправноста на народите и народностите и социјалистичкиот интернационализам.\nРаботните луѓе во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници и општествено-политичките заедници обезбедуваат во самоуправните интересни заедници, врз начелата на заемност и солидарност, материјални и други услови за обемот, развојот и унапредувањето на воспитно-образовната дејност, во согласност со развитокот на стопанството и на другите дејности и со општествените потреби, а во зависност од материјалните можности на општеството.\nОпштествената заедница обезбедува образование за сите деца и за младината без оглед на материјалната состојба на семејството.\nРаботните луѓе и нивните организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници создаваат материјални и други услови за непрекинато образование и усовршување на работниците.\nРазвитокот на науката, примената на резултатите на научните достигања, поврзувањето на науката со стопанството и со другите области на трудот и општествениот живот и воведувањето современа технологија во сите процеси на работата, се битен чинител на општествената репродукција, зголемувањето на продуктивноста на трудот и благосостојбата, како и на ослободувањето на трудот и напредокот на социјалистичкото општество.\nРаботните луѓе и нивните организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници создаваат услови за развиток на науката и со свои мерки, акции и средства го поттикнуваат развитокот на научната дејност и вложувањата во научните испитувања, како и понепосредното поврзување на научната работа со стопанските и со другите општествени дејности.\nОпштините и Републиката, во согласност со општите општествени потреби, го обезбедуваат развитокот на научната дејност во оние општествени подрачја кои што се од посебен интерес за општеството како целина.\nКултурата и уметничкото творештво се составен дел на животот на работните луѓе во процесот на ослободувањето и збогатувањето на личноста и хуманизирањето на животната околина во која живеат и работат.\nРаботните луѓе како создавачи и корисници на културните и уметничките вредности овозможуваат афирмација и развиток на културата и уметноста.\nРаботните луѓе, општините и Републиката, врз самоуправна основа, заеднички создаваат услови и го поттикнуваат развитокот на културните дејности и уметничкото творештво на македонскиот народ и народностите и поврзувањето со културите на другите народи и народности во Југославија и на другите земји.\nОрганизациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници и општините и Републиката ја поттикнуваат културната активност и непосредното учество на работните луѓе во користењето и усвојувањето на уметничките и другите културни вредности и обезбедуваат материјални и други услови за развиток на културата и за подигање на културниот стандард на работните луѓе.\nРаботните луѓе и нивните организации и заедници и општините и Републиката ги поттикнуваат активностите и создаваат услови за учество на што поголем број работни луѓе и граѓани, посебно на младината, во физичкото воспитување, масовната физичка култура и рекреацијата, за развојот на квалитетниот спорт, за развојот на техничката култура, за физичкиот и психичкиот развој на човекот, за обезбедување активен одмор, подобрување на здравјето и подигање на работната и одбранбената способност на народот.\nРаботните луѓе во организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, врз основите на солидарноста и заемноста и социјалистичкиот хуманизам, ја обезбедуваат својата економска и социјална сигурност и создаваат сè поповолни услови за живот и работа и за развој на сестрана личност на работниот човек. Овие цели на социјалната политика се остваруваат со постојано подобрување и изедначување на условите за живот и работа, со надминување, врз основите на солидарност и заемност, на разликите што произлегуваат од материјалната неразвиеност и од другите нееднакви услови за живот и работа, со изедначување на можностите за образование и работа и со оневозможување и отстранување на социјалните разлики што не се засновани врз примената на начелото за распределба според трудот.\nРаботните луѓе, врз основа на начелата на заемност и солидарност и правата од тековниот и минатиот труд, обезбедуваат за себе и за членовите на своите семејства право на здравствена заштита, право на пензија и други права во случај на болест, намалување на работната способност и старост.\nРаботните луѓе во здружениот труд и нивните организации, месните заедници и другите самоуправни организации и заедници, како и општините и Републиката ја утврдуваат политиката на социјалната заштита и обезбедуваат средства за остварување на таа политика, во согласност со општиот степен на развитокот и со своите материјални можности.\nНа работните луѓе и граѓаните неспособни за работа, на лицата неспособни да се грижат за себе и на старите лица што немаат сопствени средства за издршка, општествената заедница, врз начелата на заемност и солидарност на работните луѓе, им обезбедува социјална заштита.\nРаботните луѓе во здружениот труд и нивните организации, месните заедници и другите самоуправни организации и заедници, како и општините и Републиката се грижат и обезбедуваат услови за развој и унапредување на општествената заштита на децата.\nСоцијалистичката општествена заедница обезбедува материјални и други услови за остварување на правата на борците, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци, на кои им се гарантира нивната социјална сигурност.\nЗаради заштита и унапредување на човековата околина, работните луѓе и граѓаните, организациите на здружениот труд, другите самоуправни организации и заедници и социјалистичкото општество обезбедуваат услови за зачувување и унапредување на природните и другите вредности на човековата околина што се од интерес за здрав, сигурен и делотворен живот и работа на сегашните и идните генерации.\n1.2.6 VI\nРаботните луѓе и граѓаните, македонскиот народ и народностите на Социјалистичка Република Македонија, заедно со другите работни луѓе и граѓани, народи и народности на Југославија, решени сите свои сили да ги насочат кон творечка работа во мир и кон изградба на својата самоуправна социјалистичка заедница, доследно ја спроведуваат политиката на мир, а против агресија, војна и агресивни притисоци од било кој вид. Заради обезбедување на својот мирен развиток и на социјалистичката изградба, тие се решени со сите расположливи сили и средства, со вооружена борба и со други облици на општонароден отпор, да ја штитат и бранат својата слобода, независноста, суверенитетот, територијалната целокупност и социјалистичкото самоуправно уредување на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. За таа цел работните луѓе и граѓаните, македонскиот народ и народностите ја организираат и изградуваат општонародната одбрана како неразделен дел на социјалистичкото самоуправно општествено уредување, свесни дека одбранбената способност на општеството и подготвеноста на земјата за одбрана е поголема, а можноста за агресија помала, доколку е поразвиена општонародната одбрана како облик и содржина на одбранбената организираност на општествената заедница. Јакнењето на одбранбената способност на земјата е составен дел на политиката на мирот и на рамноправната меѓународна соработка.\nОпштонародната одбрана, е единствен систем на организирање, подготвување и учество на Републиката, општините, организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и други самоуправни организации и заедници, општествено-политичките и другите општествени организации, работните луѓе и граѓаните во вооружената борба и во сите други видови отпор и во вршењето други задачи од интерес за одбраната на Републиката и на Југославија. Во општонародната одбрана вооружената борба претставува решавачки облик на спротивставување на агресијата.\n1.2.7 VII\nТргнувајќи од уверувањето дека мирољубивата коегзистенција и активната соработка на рамноправните држави и народи, без оглед на разликите во нивното општествено уредување, се неопходен услов за мир и општествен напредок во светот, Социјалистичка Република Македонија рамноправно со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини учествува во утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, која се засновува врз начелата на почитување на националната сувереност и рамноправност, немешање во внатрешните работи на другите земји, на социјалистичкиот интернационализам и преку решавање на меѓународните спорови по мирен пат.\nСоцијалистичка Република Македонија, како дел на социјалистичката заедница на југословенските народи и народности, се залага за сестрана политика, економска, научна и културна соработка со другите држави и народи што придонесува за создавање на оние демократски облици на поврзување на државите, народите и луѓето што им одговараат на интересите на народите и на општествениот напредок.\nСоцијалистичка Република Македонија, во рамките на заеднички утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, остварува политичка, економска, културна и друга соработка со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации.\nСоцијалистичка Република Македонија, во рамките на надворешната политика и меѓународните договори на Југославија, се грижи за почитување на правата на деловите на македонскиот народ што живеат во други земји како национално малцинство.\nСоцијалистичка Република Македонија се грижи за работните луѓе на привремена работа во странство и за иселениците од нејзината територија и го поттикнува и помага развојот и одржувањето на врските со Македонците во странство.\nОпштините, организациите на здружениот труд и другите организации остваруваат соработка со соодветните странски и меѓународни органи и организации и со административните единици на странски држави, во рамките на надворешната политика и меѓународните договори на Југославија и политиката на Републиката за оваа соработка.\n1.2.8 VIII\nСојузот на комунистите, двигател и организатор на Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција и свесен носител на стремежите и интересите на работничката класа, со законитоста на историскиот развиток, стана организирана водечка идејна и политичка сила на работничката класа и на сите работни луѓе во изградувањето на социјализмот и во остварувањето на солидарноста на работните луѓе и на братството и единството на народите и народностите.\nСојузот на комунистите, со својата насочувачка идејна и политичка работа во условите на социјалистичката демократија и општественото самоуправување, е основен двигател и носител на политичката активност заради заштита и натамошен развиток на Социјалистичката револуција и социјалистичките самоуправни општествени односи, а посебно заради јакнењето на социјалистичката општествена и демократска свест, и е одговорен за тоа.\nСоцијалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, создаден во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција како доброволен демократски фронт на работните луѓе и граѓаните и на сите организирани социјалистички сили, со Комунистичката партија на чело, и натаму изградуван во условите на развојот на социјалистичкото самоуправно општество, е најширока основа на нивната општествено-политичка активност во социјалистичкиот самоуправен систем.\nВо Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија работните луѓе и граѓаните, Сојузот на комунистите на Македонија како водечка идејна и политичка сила, другите општествено-политички организации и сите организирани социјалистички сили, остваруваат политичко и акционо единство на социјалистичките сили и го насочуваат општествениот развиток врз основите на власта и самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе, и за таа цел:\nрасправаат општествени прашања и покренуваат политичка иницијатива во сите области на општествениот живот, ги усогласуваат мислењата, ги утврдуваат политичките ставови во поглед на\nрешавањето на тие прашања, насочувањето на општествениот развиток, остварувањето на правата и интересите на работните луѓе и граѓаните, остварувањето на рамноправноста на народите и народностите и унапредувањето на социјалистичките самоуправни демократски односи, даваат предлози за решавање на општествените прашања и им даваат насоки на своите делегати во собранијата на општествено-политичките заедници;\nутврдуваат заеднички програми за општествена активност и заеднички критериуми за избор на делегации во основните организации на здружениот труд, во месните заедници и во другите самоуправни организации и заедници и за избор на делегати во собранијата на општествено-политичките заедници, обезбедуваат демократско предлагање и утврдување кандидати за членови на делегациите во самоуправните организации и заедници, кандидати за делегати во собранијата на општествено-политичките заедници, како и кандидати за вршење самоуправни, јавни и други општествени функции во општествено-политичките заедници; разгледуваат општи прашања на кадровската политика и на изградувањето кадри и утврдуваат мерила за одбирање кадри;\nја следат работата на органите на власта и на органите на управувањето на самоуправните организации и заедници и на носителите на самоуправни, јавни и други општествени функции, го изнесуваат своето мислење и оценки и вршат општествена контрола и критика на нивната работа, особено во поглед на обезбедувањето јавност на работата и одговорност во работата;\nсоздаваат услови за сестрано учество на младината и на нејзините организации во општествениот и политичкиот живот;\nобезбедуваат известување на работните луѓе и граѓаните и свое влијание врз општествениот систем за информирање и врз остварувањето на улогата на печатот и на другите видови јавно информирање и комуницирање;\nсе борат за хумани односи меѓу луѓето, за развивање на социјалистичката демократска свест и на нормите на социјалистичкиот живот, како и за отстранување на појавите што го попречуваат развитокот на социјалистичките самоуправни демократски општествени односи или на кој било начин им нанесуваат штета.\nОпштините и Републиката во рамките на своите права и должности, се должни да обезбедуваат материјални и други услови за остварување на функциите на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, утврдени со овој устав.\nРаботниците доброволно организирани во синдикатот, како најширока организација на работничката класа, се борат: за остварување на положбата на работничката класа утврдена со уставот; за остварување на социјалистичките самоуправни односи и за решавачка улога на работниците во управувањето со општествената репродукција; за остварување на интересите и на самоуправните и другите права на работниците во сите области на трудот и животот, за обезбедување на рамноправноста на работниците во здружувањето на трудот и на средствата, во стекнувањето и распределбата на доходот и во утврдувањето заеднички мерила за распределба според резултатите на трудот; за самоуправно поврзување и интегрирање на различните области на општествениот труд; за развивање на производните сили на општеството и за зголемување на продуктивноста на трудот; за самоуправно усогласување на поединечните, заедничките и општите општествени интереси; за подигање на образованието на работниците и за оспособување на работниците за вршење на самоуправни и други општествени функции, за демократско предлагање и утврдување на кандидати за делегациите во тие организации и заедници и делегати во собранијата на општествено-политичките заедници; за најшироко учество на работниците во вршењето на функциите на власта и на управувањето со другите општествени работи; за остварување на интересите на работничката класа во кадровската политика; за заштита на правата на работниците; за обезбедување социјалната сигурност и за развој на животниот стандард на работниците, како и за развивање и јакнење на солидарноста и за подигање на класната свест и одговорноста на самоуправувачите.\nСиндикатот покренува иницијатива за самоуправно спогодување и општествено договарање, непосредно учествува во тоа спогодување и договарање и им дава предлози на органите на управувањето на самоуправните организации и заедници, на собранијата на општествено-политичките заедници и на другите државни и општествени органи за решавање на прашања што се однесуваат на материјалната и општествената положба на работничката класа.\n1.2.9 IX\nОпштествено-економскиот и политичкиот систем и другите односи утврдени со уставот се насочени кон проширување на условите за натамошен развиток на социјалистичкото општество, за надминување на неговите противречности и за таков општествен напредок кој, врз основа на сестраната развиеност на производните сили, високата продуктивност на трудот, изобилството на производи и сестраниот развиток на човекот како слободна личност, ќе овозможи развивање на такви општествени односи во кои ќе се оствари начелото на комунизмот: „Секој според способностите — секому според потребите\".\nЗа таа цел органите на самоуправувањето, државните органи, самоуправните организации и заедници, општествено-политичките и другите организации, работните луѓе и граѓаните непосредно се повикани со целокупната своја дејност:\nда ја прошируваат и јакнат материјалната основа на општеството и на животот на поединците со развивање на производните сили, со подигање на продуктивноста на трудот и со постојано унапредување на социјалистичките самоуправни односи;\nда создаваат услови во кои ќе се надминуваат општествено-економските разлики меѓу умствениот и физичкиот труд и во кои човечкиот труд ќе станува сè поцелосно изразување на творештвото и на човековата личност;\nда ги прошируваат и развиваат сите облици на самоуправувањето и социјалистичкиот самоуправен демократизам, а особено во областите во кои преовладуваат функциите на политичката власт, да ја ограничуваат принудата и да создаваат услови за нејзино отстранување и да изградуваат меѓу луѓето односи засновани врз свеста за заедничките интереси, врз социјалистичката етика и врз слободното творештво на човекот;\nда придонесуваат за остварување на човечките слободи и права, за хуманизирање на општествената средина и човековата личност, за јакнење на солидарноста и човечноста меѓу луѓето и за почитување на човековото достоинство;\nда развиваат сестрана соработка и зближување на сите народи, во согласност со прогресивните стремежи на човештвото за создавање слободна заедница на сите народи во светот.\n1.2.10 X\nИзразувајќи ги основните начела на социјалистичкото самоуправно општество и неговиот напредок, овој дел на уставот е основа и насока за толкување на уставот и законите, како и за дејствувањето на сите и на секого.\n1.3 ПРВ ДЕЛ: Општествено уредување\n1.3.1 Глава I: Општи одредби\nСоцијалистичка Република Македонија е национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа, заснована врз сувереноста на народот и врз власта и самоуправувањето на работничката класа, и на сите работни луѓе, и социјалистичка самоуправна демократска заедница на работните луѓе и граѓаните, на македонскиот народ и рамноправните со него албанска и турска народност.\nСоцијалистичка Република Македонија е во состав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\nПрипадниците на другите народи на Југославија што живеат во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни и имаат исти права и должности како Македонците и народностите.\nВо Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ и народностите, работните луѓе и граѓаните го утврдуваат општественото уредување на Републиката и обезбедуваат и остваруваат: сувереност, национална слобода, независност, територијален интегритет на Републиката и народна одбрана; општествено самоуправување и социјалистички општествено-економски и политички односи; учество и одговорност на Републиката во утврдувањето и спроведувањето на политиката на федерацијата; рамноправност на македонскиот народ, народностите и припадниците на другите народи на Југославија; солидарност и социјална сигурност на работните луѓе и граѓаните; уставност и законитост; единство на правниот систем на Републиката; заштита на поредокот утврден со уставот, јавна безбедност и општествена самозаштита; демократски слободи и права на човекот и граѓанинот; политичка, економска, културна и друга соработка на Републиката со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации, како и грижа за почитување на правата на деловите на македонскиот народ што живеат во другите земји како национално малцинство и за Македонците во другите земји, во рамките на заеднички утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Социјалистичка Федеративна Република Југославија; соработка со органите и организациите на другите социјалистички републики и на социјалистичките автономни покраини; единство на југословенскиот пазар; услови за рамномерен стопански и општествен развиток на Републиката и за побрз развој на недоволно развиените краишта; иницијатива за решавање на прашања од областа на стопанскиот, општествениот и културниот живот; усогласен самоуправен развиток; услови за што понепосредно и поефикасно остварување на самоуправните права на работните луѓе и граѓаните; заштита на самоуправните права на организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и на општините; услови за ефикасно вршење на општествената и самоуправната работничка контрола и за остварување на општествената одговорност; интеграција во сите сфери на општествениот живот во Републиката врз самоуправни основи; услови за јавно информирање и ги вршат сите други општествени работи од заеднички интерес за политичкиот, стопанскиот и културниот развиток на Републиката.\nВо Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ и народностите и работните луѓе и граѓаните заедничките интереси ги остваруваат во организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, како и во општините и Републиката; со самоуправно спогодување, општествено договарање и со здружување на организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници; со непосредна соработка на општествено-политичките и другите организации и здруженијата на граѓаните и со слободни и сестрани активности на граѓаните.\nТериторијата на Социјалистичка Република Македонија е составен дел на територијата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\nГраниците на Социјалистичка Република Македонија можат да се менуваат само врз основа на одлука на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.\nЗа граѓаните на Социјалистичка Република Македонија постои државјанство на Социјалистичка Република Македонија.\nДржавјаните на Социјалистичка Република Македонија едновремено се и државјани на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\nДржавјаните на другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија ги имаат во Социјалистичка Република Македонија истите права и должности како и нејзините државјани.\nОдлуките, исправите и другите акти издадени од државните органи и овластените организации од другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија имаат во Социјалистичка Република Македонија иста важност како и во републиката во која се издадени.\nГрбот на Социјалистичка Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви. Меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце.\nЗнамето на Социјалистичка Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилен петокрак облик. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.\nКога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на ѕвездата се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето. Горниот крак на ѕвездата е насочен спрема горната линија од должината на знамето, а долните краци се насочени спрема долната линија од должината на знамето. Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестина од широчината на знамето.\nСоцијалистичка Република Македонија има химна.\nГлавен град на Социјалистичка Република Македонија е Скопје.\n1.3.2 Глава II: Општествено-економско уредување\n1.3.2.1 1. Положба на човекот во здружениот труд и општествена сопственост\nСоцијалистичкото општествено-економско уредување на Социјалистичка Република Македонија се засновува врз слободниот здружен труд со средствата за производство во општествена сопственост и врз самоуправувањето на работниците во производството и распределбата на општествениот производ во основните и другите организации на здружениот труд и во општествената репродукција во целина.\nТрудот и резултатите на трудот ја определуваат материјалната и општествената положба на човекот врз основа на еднакви права и одговорности.\nНикој не може ниту непосредно ниту посредно да се здобива со материјални и други користи со експлоатација на туѓиот труд.\nНикој не смее на кој и да било начин да го оневозможува ниту да го ограничува работникот рамноправно со другите работници да одлучува за својот труд и за условите и за резултатите на својот труд.\nСредствата за производство и другите средства на здружениот труд, производите на здружениот труд и доходот остварен со здружен труд, средствата за задоволување на заедничките и општите општествени потреби, природните богатства и добрата во општа употреба, се општествена сопственост.\nНикој не може да стекне право на сопственост на општествените средства што се услов за работа во основните и другите организации на здружениот труд или се материјална основа за остварување на функциите на самоуправните интересни заедници или на другите самоуправни организации и заедници и на општествено-политичките заедници.\nОпштествените средства не можат да се користат за присвојување на туѓ вишок на трудот, ниту за создавање услови за такво присвојување.\nРаботникот во здружениот труд со средства во општествена сопственост има право на работа со општествени средства како свое неотуѓиво право да работи со тие средства заради задоволување на своите лични и општествени потреби и, како слободен и рамноправен со другите работници во здружениот труд, да управува со својот труд и со условите и резултатите од својот труд.\nПравата, обврските и одговорностите во поглед на располагањето, користењето и управувањето со општествените средства се уредуваат со устав и закон, во согласност со природата и намената на тие средства.\nНа секој работник во здружениот труд со средства во општествена сопственост му се гарантира, остварувајќи го правото на работа со општествени средства, во основната организација на здружениот труд во која работи и во сите други облици на здружување на трудот и на средствата, заедно и рамноправно со другите работници, да управува со трудот и со работењето на организацијата на здружениот труд и со работите и средствата во севкупноста на односите на општествената репродукција, да ги уредува меѓусебните односи во работата, да одлучува за доходот што ќе го оствари во различните облици на здружување на трудот и на средствата и да стекнува личен доход.\nОсновната организација на здружениот труд е основен облик на здружениот труд во кој работниците непосредно и рамноправно ги остваруваат своите општествено-економски и други самоуправни права и одлучуваат за други прашања на својата општествено-економска положба.\nПротивуставен е секој акт и дејство со кое се повредуваат овие права на работникот.\nВо остварувањето на правото на работа со општествени средства, работниците во здружениот труд заемно се одговорни, во својот заеднички и општ општествен интерес, да се користат со тие средства општествено и економски целесообразно и, како материјална основа на својот и на вкупниот општествен труд, постојано да ги обновуваат, зголемуваат и унапредуваат, како и совесно да ги извршуваат своите работни обврски.\nРаботниците во здружениот труд не можат во остварувањето на правото на работа со општествени средства да стекнуваат материјални користи и други предимства што не се засновани врз нивниот труд.\nРаботниците на организациите на здружениот труд што вршат дејности во областа на образованието, науката, културата, физичката култура, здравството, социјалната заштита и на другите општествени дејности, стекнуваат доход со слободна размена на својот труд со трудот на работните луѓе чии потреби и интереси во тие области ги задоволуваат.\nСлободната размена на својот труд работниците во овие организации на здружениот труд ја остваруваат непосредно со работните луѓе чии потреби и интереси ги задоволуваат или преку нивните организации на здружениот труд и самоуправните интересни заедници односно во рамките на самоуправните интересни заедници.\nРаботниците на организациите на здружениот труд во општествените дејности остваруваат со слободна размена на трудот еднаква општествено-економска положба како и работниците на организациите на здружениот труд во другите дејности.\nВрз начелата на слободна размена на трудот стекнуваат доход и работниците на организациите на здружениот труд во другите дејности во кои дејствувањето на законитостите на пазарот не може да биде основ за усогласување на трудот и потребите, ниту основ за вреднување на резултатите на трудот.\nЗа сиот доход, како резултат од заедничкиот труд на работниците во основната организација на здружениот труд и на вкупниот општествен труд, остварен во различните облици на здружување на трудот и на средствата врз основа на дејствувањето на законитостите на пазарот и врз на самоуправна основа општествено утврдените услови за стекнување на доход, работниците одлучуваат во основните организации на здружениот труд во согласност со своите уставни права и одговорности спрема другите работници во здружениот труд и спрема општествената заедница во целина.\nДоходот што заеднички ќе го остварат со здружување на трудот и на средствата, основните организации на здружениот труд го распределуваат во целост меѓу себе според нивниот придонес во остварувањето на тој доход, а врз основа на мерилата што ќе ги утврдат со самоуправна спогодба.\nОстварениот доход во основната организација на здружениот труд претставува материјална основа на правата на работниците да одлучуваат за условите на својот труд и за распределбата на доходот и да стекнуваат личен доход.\nДелот на доходот што е резултат од работење во исклучително поповолни природни услови или што е резултат од исклучителни погодности на пазарот или на други исклучителни погодности во стекнувањето на доходот, се користи за развој на организацијата на здружениот труд во која е остварен или за развој на материјалната основа на здружениот труд во општината односно во Републиката, во согласност со самоуправна спогодба и закон.\nУправувањето со делот на доходот што се користи за развој на материјалната основа на здружениот труд во општината или во Републиката, се темели врз самоуправни основи.\nРаботниците во основната организација на здружениот труд го распределуваат доходот за своја лична и заедничка потрошувачка, за проширување на материјалната основа на здружениот труд и за резерви.\nРаботниците за вкупната лична и заедничка потрошувачка распоредуваат дел од доходот што е сразмерен со нивниот придонес во остварувањето на доходот што го дале со својот труд и со вложување на општествени средства, како минат труд на работниците.\nНа секој работник, во согласност со начелото на распределба според трудот и со порастот на продуктивноста на неговиот и на вкупниот општествен труд и со начелото на солидарноста на работниците во здружениот труд, му припаѓа од доходот на основната организација на здружениот труд личен доход за задоволување на неговите лични, заеднички и општи општествени потреби, според резултатите од неговиот труд и неговиот личен придонес што со својот тековен и минат труд го дал во зголемувањето на доходот на основната организација.\nРаботниците во основната организација на здружениот труд ги утврдуваат основите и мерилата за распоредување на доходот и основите и мерилата за распределба на средствата за своите лични доходи.\nРаботниците во основната организација на здружениот труд утврдуваат со работниците во другите организации на здружениот труд заеднички основи и мерила за распоредување на доходот и за распределба на средствата за лични доходи.\nАко со распоредувањето на доходот за лична и заедничка потрошувачка односно со распределбата на средствата за лични доходи се нарушуваат односите што му одговараат на начелото на распределба според трудот или се нарушува текот на општествената репродукција, со закон можат да се утврдат мерки со кои се обезбедува рамноправност на работниците во примената, на начелото на распределба според трудот односно со кои се спречуваат или се отстрануваат нарушувањата во општествената репродукција.\nНа секој работник во здружениот труд со општествени средства му се гарантира личен доход и други права по основ на трудот најмалку во висина односно во обем што ја обезбедуваат неговата материјална и социјална сигурност.\nВисината на гарантираниот личен доход и обемот на другите гарантирани права, како и начинот на нивното остварување, се утврдуваат со самоуправна спогодба, со општествен договор и со закон, во зависност од општиот степен на продуктивноста на вкупниот општествен труд и од општите услови на средината во која работи и живее работникот.\nСо закон, под условите утврдени со устав, може привремено да се ограничи располагањето на работниците во основните организации на здружениот труд со дел од средствата на општествената репродукција или да се утврди обврска за здружување на дел од тие средства за финансирање на определени неопходни потреби на општествената репродукција. Со задолжителното здружување на дел од средствата на општествената репродукција не можат трајно да се одземат правата на работниците на основните организации на здружениот труд во поглед на тие средства.\nОрганизација на здружениот труд односно друго општествено правно лице одговара за своите обврски со општествените средства со кои располага.\nПравата на организацијата на здружениот труд и на друго општествено правно лице во поглед на недвижностите и на одделни движни предмети и други права во општествена сопственост можат, со соодветен надоместок и по постапка пропишани со закон, да им се одземат или ограничат само ако тоа го налагаат врз основа на закон утврдените потреби за планско уредување на просторот или за изградба на објекти од општествено значење или друг со закон определен општ интерес.\nЗа одземените права во поглед на земјиштето или на другите природни богатства, организацијата на здружениот труд односно другото општествено правно лице има право на надоместок само за трудот и за средствата вложени во тоа земјиште или во друго природно богатство. Ако земјиштето или другото природно богатство е услов за работа, организацијата на здружениот труд односно другото општествено правно лице има право на надоместок со кој се обезбедува овие услови да не бидат влошени.\nНа работниците во основната организација на здружениот труд која во своето работење се користи со средства на други организации на здружениот труд кои по тој основ имаат право на учество во заеднички остварениот доход, им се обезбедуваат, во рамките на така остварениот доход, средства за нивната лична и заедничка потрошувачка, во согласност со заедничките основи и мерила што важат во организациите на здружениот труд, како и средства за проширување на материјалната основа на трудот според нивниот придонес во заеднички остварениот доход.\nМерилата за утврдување на придонесот во заеднички остварениот доход се определуваат со самоуправната спогодба, во согласност со единствените начела за здружување на средствата утврдени со сојузен закон.\nОрганизациите на здружениот труд што здружуваат средства не можат по тој основ трајно да стекнат право на учество во доходот на организацијата на здружениот труд, која во своето работење се користи со тие средства.\nПравото на учество во заеднички остварениот доход по основ на здружување на средства се гаси кога на организацијата на здружениот труд, покрај соодветното учество во заеднички остварениот доход, ќе и бидат вратени и средствата со чие здружување тоа право е стекнато односно кога, согласно со самоуправната спогодба, ќе престане правото на враќање на здружените средства.\nОрганизацијата на здружениот труд може, под условите и во границите што се утврдени со сојузен закон, да се користи во своето работење со средства на странски лица.\nРаботниците во организациите на здружениот труд што се користат со средства вложени од странски лица имаат исти општествено-економски и други самоуправни права како и работниците во организациите на здружениот труд, што во своето работење користат средства на други домашни организации на здружениот труд.\nПравата на странското лице во поглед на средствата што ги вложило во организација на здружениот труд во Социјалистичка Република Македонија, не можат да се намалат со закон или со друг акт, откако договорот со кој се уредени тие права ќе стане полноважен.\nОрганизациите на здружениот труд можат, заради проширување на материјалната основа на трудот, да собираат парични средства од граѓаните и да им обезбедат, со враќањето на овие средства, и надоместок за вложените средства во вид на камата или други погодности определени врз основа на закон.\nРаботниците што во организацијата на здружениот труд вршат административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за повеќе организации во нејзиниот состав и работниците што вршат такви работи во земјоделска или друга задруга, како и работниците во организација на деловно здружување, банка и заедница на осигурување образуваат работна заедница. Работниците во таква работна заедница можат да се организираат како организации на здружениот труд под услови утврдени со закон.\nРаботниците што во организацијата на здружениот труд вршат други работи од заеднички интерес за повеќе организации во нејзиниот состав, како и работниците што вршат такви работи за земјоделска или друга задруга, образуваат работна заедница ако не постојат со уставот утврдени услови да се организираат како основна организација на здружениот труд.\nРаботниците на овие работни заедници имаат право на средства за лична и заедничка потрошувачка во согласност со начелото на распределба според трудот и со основите и мерилата за распределба што важат во организациите на здружениот труд, како и други самоуправни права на работниците во организациите на здружениот труд, во согласност со природата на работите што ги вршат и со заедничките интереси заради кои се образувани овие работни заедници.\nМеѓусебните права, обврски и одговорности на работниците на овие работни заедници и корисниците на нивните услуги се уредуваат со самоуправна спогодба, а меѓусебните односи на работниците во работната заедница се уредуваат со нивни самоуправни акти во согласност со таа самоуправна спогодба.\nРаботниците во работните заедници што вршат работи за самоуправните интересни заедници и други самоуправни организации и заедници и нивни здруженија, за општествено-политичките организации и другите општествени организации, здруженијата на граѓаните и органите на општината и Републиката, имаат право на средства за лична и заедничка потрошувачка во согласност со начелото на распределба според трудот и со општествено утврдените основи и мерила за распределба што важат за организациите на здружениот труд. Тие имаат и други самоуправни права во согласност со природата на овие работи и со општествената и политичката одговорност на организациите, заедниците и органите за кои ги вршат работите — за остварување на нивните функции и задачи.\nМеѓусебните права, обврски и одговорности на работниците во овие работни заедници и на организациите, заедниците и органите за кои вршат работи се уредуваат со самоуправна спогодба односно договор, во согласност со закон.\nНа овие работни заедници не можат да им се пренесуваат права, овластувања и одговорности на организациите, заедниците и органите за кои тие вршат работи.\nПравата, обврските и одговорностите на работниците во работните заедници на органите на општините и на Републиката се уредуваат со закон, а кога тоа го дозволува природата на дејноста на органот, и со самоуправна спогодба односно со договор меѓу работната заедница и тие органи, и со самоуправните акти на работната заедница.\nРаботните луѓе кои со личен труд самостојно во вид на занимање вршат уметничка или друга културна, адвокатска или друга професионална дејност имаат во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работниците во организациите на здружениот труд.\nРаботните луѓе што вршат некоја од овие дејности можат да го здружуваат својот труд и да образуваат привремени или трајни работни заедници, кои имаат во основа иста положба како и организациите на здружениот труд, и во кои работните луѓе имаат во основа исти права и должности како и работниците во организациите на здружениот труд.\nСо закон се утврдуваат условите под кои овие работни луѓе и нивните работни заедници ги остваруваат своите права и ги исполнуваат обврските, како и условите под кои тие во вршењето на тие дејности можат да користат општествени средства и да управуваат со нив. Со закон се определува и начинот на остварувањето на соработката на овие работни луѓе со организациите на здружениот труд, како и начинот на нивното учество во создавањето услови за работа во тие организации и во располагањето со резултатите на нивниот труд изразени во заеднички остварениот доход.\nРаботниците во организациите на здружениот труд, во согласност со начелата на заемност и солидарност, заеднички и рамноправно обезбедуваат постојано подобрување на условите за живот на работниците со издвојување и здружување на средства за таа цел и на друг начин.\nОрганизациите на здружениот труд и општините и Републиката се должни, во согласност со начелата на заемност и солидарност, да им даваат економска и друга помош на организациите на здружениот труд што ќе дојдат во исклучителни економски тешкотии и да преземаат мерки за нивна санација, ако е тоа во заеднички интерес на организациите на здружениот труд односно во општествен интерес.\nОрганизацијата на здружениот труд сама или спогодбено со други организации на здружениот труд во согласност со начелата на заемност и солидарност, обезбедува, средства за вработување, преквалификација и за остварување на стекнатите права на работниците, ако престане потребата од нивна работа во организацијата на здружениот труд или ако организацијата во нејзин состав престане со работа.\nРаботникот, додека не му се обезбеди друго работно место што одговара на неговите способности и квалификации не може да го изгуби својството на работник во основната организација на здружениот труд, ако заради технолошки или други унапредувања со кои се придонесува за зголемувањето на продуктивноста на трудот и за поголем успех на организацијата престане потребата од неговата работа во таа организација.\nСо закон може да се утврди обврска за здружување на средства за овие цели и за вработување воопшто, како и да се пропишат услови за употребата на тие средства.\nОвој закон се донесува со мнозинство гласови на сите делегати во Соборот на здружениот труд на Собранието.\n1.3.2.2 2. Здружување на трудот и на средствата на општествената репродукција\nСвојот труд и средствата на општествената репродукција во основните организации на здружениот труд работниците слободно ги здружуваат во работни организации и во други облици на здружување на трудот и на средствата.\nМеѓусебните права, обврски и одговорности во различните облици на здружување на трудот и средствата, работниците во основните организации на здружениот труд ги уредуваат со самоуправна спогодба во согласност со закон, обезбедувајќи ги во целината на овие односи неотуѓивите права на работниците загарантирани со уставот.\nРаботна организација е самостојна самоуправна организација на работниците поврзани со заеднички интереси во трудот и организирани во основни организации на здружениот труд во нејзин состав, или непосредно поврзани со единствен процес на трудот.\nРаботна организација можат да основаат организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, месните заедници, општествено-политичките заедници и други општествени правни лица.\nРаботна организација можат, под услови и на начин пропишани со закон, да основаат и работните луѓе заради остварување правото на работа или заради задоволување на потребите од производи и услуги на организацијата што ја основаат. Работна организација можат, во согласност со закон, да основаат и граѓански правни лица.\nРаботните луѓе односно граѓанските правни лица, кои во организацијата на здружениот труд што ја основале ќе вложат свои средства, можат спрема таа организација, по основ на тие средства, да имаат само права што ги имаат граѓаните од кои организациите на здружениот труд собираат средства заради проширување на материјалната основа на својот труд.\nСо закон може да се пропише дека работните луѓе и граѓанските правни лица не можат да основаат работни организации за вршење на определени дејности.\nРаботните организации имаат еднаква положба, а работниците во нив еднакви општествено-економски и други самоуправни права и одговорности, без оглед на тоа кој ја основал работната организација.\nРаботниците во делот на работната организација што претставува работна целина, во кој резултатот од нивниот заеднички труд може самостојно да се изрази како вредност во работната организација или на пазарот и во кој работниците можат да ги остваруваат своите општествено-економски и други самоуправни права, имаат право и должност таквиот дел на работната организација да го организираат како основна организација на здружениот труд.\nРаботниците во работната организација во која не постојат услови одделни нејзини делови да се организираат како основни организации на здружениот труд, ги остваруваат во работната организација сите права што ги имаат работниците во основната организација на здружениот труд.\nОпштествено-економските и другите самоуправни односи во основната организација на здружениот труд се уредуваат со нејзиниот статут и другите самоуправни акти во согласност со уставот и законот.\nАко по повод организирањето на основна организација на здружениот труд биде поведен спор, до завршувањето на спорот не можат, спротивно на волјата на работниците што ја донеле одлуката за организирање на основна организација, да се менуваат нивните права, обврски и одговорности што ги имале до денот на донесувањето на одлуката за која се води спорот.\nРаботниците имаат право основната организација на здружениот труд во која работат да ја издвојат од составот на работната организација.\nОсновната организација на здружениот труд што се издвојува е должна, спогодбено со другите основни организации на здружениот труд и со работната организација како целина, да ги уреди начинот и условите на извршувањето на своите обврски спрема нив, што ги презела до издвојувањето и да им ја надомести штетата што настанала со издвојувањето.\nРаботниците не можат својата основна организација на здружениот труд да ја издвојат од составот на работната организација ако тоа, спротивно на општиот интерес, би довело до битно отежнување или оневозможување на работата во другите основни организации во составот на работната организација односно во работната организација како целина.\nРаботните организации можат да се здружуваат во разни облици на сложени организации на здружениот труд, а основните организации на здружениот труд и работните организации во заедници и други облици на здружување на организации на здружениот труд во кои остваруваат определени заеднички интереси.\nСо закон или со одлука на собранието на општината заснована врз закон може да се пропише задолжително здружување на определени видови организации на здружениот труд во заедници во кои се обезбедува единството на системот на трудот во соодветните области, ако тие организации вршат дејности од битно значење за работењето и развојот на другите организации на здружениот труд, кога работењето на тие организации е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните на определено подрачје и во други случаи од општ интерес.\nОрганизациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и други општествени правни лица можат со самоуправна спогодба да основаат банка како посебна организација за вршење кредитни и други банкарски работи и во неа, заедно со други лица, да здружуваат средства заради остварување на заеднички интереси во обезбедување парични средства, за вршење, проширување и унапредување на дејностите на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и заради остварување на други заеднички интереси.\nОпштествените правни лица, со чии средства банката работи, управуваат со работењето на банката. Средствата што банката ќе ги оствари, по намирувањето на трошоците на работењето и издвојувањето на средства за работната заедница на банката, овие општествени правни лица ги распоредуваат меѓу себе.\nОпштествените правни лица имаат право да управуваат со определени работи на банката во единицата на банката што работи со нивни средства.\nОпштините и Републиката не можат да основаат банка, ниту да управуваат со работите на банката.\nМеѓусебните односи на општествените правни лица со чии средства работи банката, управувањето со банката и работењето на банката се уредуваат со самоуправната спогодба за основањето на банката, со нејзиниот статут и со закон.\nРаботењето на финансиските организации што се основаат заради прибирање на штедни влогови и управувањето со тие организации, како и работењето на банките што се однесува на прибирањето штедни влогови, се уредува со закон, во согласност со единствените начела на кредитниот систем.\nПравата на граѓаните, врз основа на штедните влогови да учествуваат во управувањето со работењето на тие финансиски организации и, покрај договорените камати, да стекнуваат и други определени погодности, се уредуваат со закон.\nВо организациите на здружениот труд што освен со други дејности, се занимаваат и со банкарско или слично работење, организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и други општествени правни лица ги имаат во поглед на тоа работење, во начело истите права што ги имаат во банката општествените правни лица со чии средства работи банката.\nАко во организациите на здружениот труд се организира внатрешно банкарско или слично работење, на таквото работење се применуваат начелата што се однесуваат на работењето на банките.\nОрганизациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, општините и Републиката и други општествени правни лица можат со самоуправна спогодба да основаат заедница на осигурувањето на имот и лица од истородни односно сродни видови ризици односно штети или од различни повеќе видови ризици односно штети, и во неа, заедно со други лица, врз начелата на заемност и солидарност, да здружуваат средства заради осигурување на имот и лица и заради отстранување или намалување на неповолното дејство на причините што можат да ги предизвикаат тие штети.\nВо заедница на осигурувањето во која се здружуваат средства заради осигурување на имот или лица од повеќе различни видови ризици односно штети, осигурениците што здружуваат средства заради осигурување од истородни или сродни видови на штета образуваат посебни заедници на ризик и здружуваат средства во посебни фондови на осигурување за тие штети. Осигурениците во заедниците на ризик, спогодбено со другите осигуреници во истата заедница на осигурување, утврдуваат под кои услови средствата на фондовите, наменети за намирување на обврските по еден вид штета можат да се користат за намирување на обврските по основ на друг вид штета.\nОпштествените правни лица што здружуваат средства во заедница на осигурување односно заедница на ризик управуваат со работењето на тие заедници.\nМеѓусебните односи на општествените правни лица што здружуваат средства во заедница на осигурувањето, управувањето со таа заедница и нејзиното работење се уредуваат со самоуправната спогодба за основањето на заедницата, со нејзиниот статут или со друг самоуправен акт и со закон.\nГраѓаните и граѓанските правни лица — осигуреници учествуваат во управувањето со заедницата на осигурувањето односно со заедницата на ризикот и остваруваат во нив други права во согласност со статутот на заедницата на осигурување и со закон.\nОдносите меѓу организациите на здружениот труд што вршат работи на промет на стоки и услуги и производствените и другите организации со кои работат се засновуваат врз начелата на соработка и самоуправно здружување на трудот и средствата во рамките на таа соработка. Овие организации, врз начелата на рамноправност, остваруваат меѓусебно влијание врз деловната и развојната политика, преземаат заеднички ризик, обезбедуваат заедничка одговорност за проширување на материјалната основа и за зголемување на продуктивноста на трудот во производството и прометот и учествуваат во доходот остварен со оваа соработка според придонесот во остварувањето на тој доход.\nОрганизациите на здружениот труд што вршат работи на извоз и увоз се организираат и работат врз начелата на задолжителна соработка со производствените и другите организации на здружениот труд за кои го вршат извозот или увозот,и во рамките на таа соработка, ја утврдуваат заедничката политика на производството односно на другата дејност, политиката на извозот и увозот, го распоредуваат доходот остварен со оваа соработка како заеднички доход, заеднички го поднесуваат ризикот на тоа работење и одговорноста за унапредување на производството и прометот, во согласност со самоуправната спогодба или договорот за таа соработка.\nОрганизациите на здружениот труд што вршат работи на промет со стоки и услуги за непосредна потрошувачка се должни, на начин определен со закон, да соработуваат и да се договараат со самоуправните интересни заедници, месните заедници и други заедници и организации на потрошувачите за работите од заеднички интерес.\nОрганизација на здружениот труд може да врши дејност и да вложува средства на општествената репродукција во странство, под условите и во границите што се пропишани со сојузен закон.\nПравата и средствата што организацијата на здружениот труд ќе ги стекне во странство по кои и да било основ се составен дел на општествените средства со кои управуваат работниците на таа организација.\nВо организацијата на здружениот труд што врши дејност во странство, работниците чии работни места се во странство, имаат исти права, должности и одговорности како и работниците на таа организација во земјата.\nОсновните и другите организации на здружениот труд, нивните заедници и другите облици на здружување на организации на здружениот труд, банките, заедниците за осигурување имоти и лица и другите финансиски организации се правни лица со права, обврски и одговорности што ги имаат врз основа на уставот, законот и самоуправната спогодба за здружување односно врз основа на актот за основање.\nОвие организации, заедници и здруженија и нивните права, обврски и одговорности во правниот промет се запишуваат во регистарот на организациите на здружениот труд.\nСпрема организацијата на здружениот труд и заедницата или другото здружение на тие организации во кои побитно ќе се наруши остварувањето на самоуправните права на работниците или кои не ги исполнуваат обврските утврдени со закон или потешко ќе ги оштетат општествените интереси, можат, под услови и во постапка што се пропишани со закон, да се преземат со закон утврдени привремени мерки. Кога е тоа неопходно заради отстранување на тие појави, со овие мерки може привремено да се ограничи остварувањето на одделни самоуправни права на работниците односно права на организацијата или здружението и на нивните органи.\nАко во организациите на здружениот труд настане спор меѓу работниците на одделни делови на организацијата односно меѓу работниците и органите на организацијата или работниците на организацијата и органите на општествено-политичката заедница, кој не можел да биде решен по редовен пат, работниците имаат право и должност, своите барања по повод настанатиот спор да ги изнесат преку синдикалната организација.\nСиндикалната организација има право и должност, по барање од работниците или по своја иницијатива, да поведе постапка за решавање на настанатиот спор и, во таа постапка, заедно со соодветните органи на управување на организацијата на здружениот труд односно со органите на општествено-политичката заедница, да ги утврди основите и мерките за решавање на прашањето заради кое настанал спорот.\nОрганизацијата на здружениот труд односно организацијата на деловно здружување што врши стопанска дејност може да биде укината, под услови и во постапка пропишани со сојузен закон, ако не ги исполнува со закон пропишаните услови за вршење на својата дејност, ако потрајно не е во можност да ги обновува општествените средства со кои работи и да ги обезбедува со уставот гарантираните права на работниците во поглед на нивната материјална и социјална сигурност или ако не е во можност да ги исполнува другите со закон утврдени или со договор преземени обврски.\nОрганизацијата на здружениот труд што врши општествена дејност, може, под услови и во постапка што се пропишани со закон, да биде укината ако не ги исполнува условите пропишани со закон или ако не постојат услови за вршење на нејзината дејност.\nСо закон и со одлука на општината врз основа на закон може да се утврди дека се од посебен општествен интерес, определени дејности или работи на организациите на здружениот труд што вршат општествени дејности, и да се уреди начинот на остварувањето на посебниот општествен интерес и остварувањето на самоуправните права на работниците во согласност со тој интерес.\nСо закон или со одлука на собранието на општината може, ако тоа го бара посебниот општествен интерес, да се уреди начинот на остварувањето на тој интерес во работењето на организациите на здружениот труд што вршат стопанска дејност, кога тоа работење е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните или за работата на другите организации на определено подрачје.\nПосебниот општествен интерес во вршењето на овие дејности се обезбедува со самоуправни спогодби и општествени договори за условите и начинот на вршењето на тие дејности, со учество на корисниците на услугите и другите заинтересирани организации, претставници на основачите, претставници на општината односно на Републиката и на општествено-политичките организации во одлучувањето за остварување на заедничките цели, за основните намени за користење на средствата, програмите за развој и основните услови за стекнување на доходот и работењето со нивно учество во именувањето и разрешувањето на работоводните органи на организациите на здружениот труд што ги вршат овие дејности, како и со други облици на општествено влијание врз вршењето на тие дејности, во согласност со закон.\nСо закон, во согласност со овој устав, можат да се овластат собранијата на општините и Собранието на Социјалистичка Република Македонија да даваат согласност на одредбите на самоуправната спогодба за здружувањето, на статутот или на друг општ акт на организацијата на здружениот труд што врши дејност од посебен општествен интерес, кога тие одредби се од значење за остварувањето на посебниот општествен интерес во вршењето на тие дејности.\nНа работниците во организациите на здружениот труд што вршат дејности од посебен општествен интерес не можат да им се ограничат другите со устав загарантирани права што се однесуваат на трудот и управувањето со општествените средства, уредувањето на меѓусебните односи во работата, стекнувањето на доход, одлучувањето за доходот и стекнувањето на личните доходи.\nСо закон или со пропис на општината можат да се предвидат посебни права и должности на Републиката односно на општината и на нивните органи во поглед на надзорот над вршењето на дејноста односно работата од посебен општествен интерес.\nОрганизациите на здружениот труд што вршат дејности или работи од посебен општествен интерес се должни да обезбедат трајно и непрекинато вршење на дејностите односно на услугите, а во случај на прекин или нередовно вршење на дејноста односно на услугата, се должни да им ја надоместат штетата на корисниците, кога е тоа предвидено со закон, со самоуправна спогодба или со пропис на општината.\nАко надлежниот орган на Републиката, врз основа на закон, односно на општината, врз основа на свој пропис, определи дека организацијата на здружениот труд е должна дејноста односно работите од посебен општествен интерес да ги врши на сите или на определени корисници по цена што е пониска од цената формирана според пропишаните мерила односно од пазарната цена, Републиката односно општината е должна да ѝ изврши соодветно надоместување на организацијата на здружениот труд. Висината и начинот на ова надоместување се утврдува со меѓусебен договор.\nОрганизациите на здружениот труд што вршат стопанска дејност и нивните деловни здруженија се здружуваат во стопански комори или други општи здруженија заради заедничко унапредување на трудот и работењето, заради усогласување на посебните, заедничките и општите општествени интереси, заради договарање за плановите и програмите за работа и развој и за самоуправно уредување на општествено-економските односи, заради покренување иницијатива за склучување на самоуправни спогодби и општествени договори, за донесување закони и за утврдување на економската политика и заради разгледување и решавање на други прашања од заеднички интерес.\nЗаради остварување на овие цели можат и организациите на здружениот труд што вршат општествени дејности да се здружуваат во здруженија за одделни дејности односно области на трудот и во други општи здруженија.\nСо закон може да се пропише задолжително здружување на организациите на здружениот труд во комори, условите за формирање и начелата за нивната организација Здружените организации одлучуваат за видовите комори, организацијата, задачите и средствата за нивната работа.\nВо комори и други општи здруженија се здружуваат, во согласност со закон, и работните луѓе што вршат дејности со самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓаните.\n1.3.2.3 3. Самоуправни интересни заедници\nСамоуправни интересни заедници основаат работните луѓе, непосредно или преку своите самоуправни организации и заедници, заради задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси и заради усогласување на трудот во областа за која основаат интересна заедница со тие потреби и интереси.\nПравата, обврските и одговорностите во меѓусебните односи во самоуправната интересна заедница се уредуваат со самоуправната спогодба за нејзиното основање, со нејзиниот статут и со други самоуправни акти.\nЗаради задоволување на своите потреби и интереси во самоуправните интересни заедници, работните луѓе од своите лични доходи и од доходот на основните организации на здружениот труд им плаќаат придонес на овие заедници, во согласност со намената односно со целите за кои служат овие средства.\nРаботниците и другите работни луѓе кои во областите на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита врз начелата на заемност и солидарност ги остваруваат своите лични и заеднички потреби и интереси и работниците на организациите на здружениот труд што ги вршат дејностите во тие области, основаат самоуправни интересни заедници во кои остваруваат слободна размена на трудот, здружуваат труд и средства и рамноправно и заеднички одлучуваат за вршењето на тие дејности во согласност со заедничките интереси, ја утврдуваат политиката на развојот и унапредувањето на тие дејности и остваруваат други заеднички интереси.\nМеѓусебните односи во овие самоуправни интересни заедници се уредуваат така што се обезбедува правото на работниците и другите работни луѓе што во нив здружуваат средства да одлучуваат за тие средства и правото на работниците на организациите на здружениот труд што вршат дејности во областа за која е основана интересна заедница, во слободна размена на трудот да остваруваат еднаква општествена економска положба како и работниците во другите организации на здружениот труд.\nВрз овие основи можат да се основаат самоуправни интересни заедници и во други области на општествените дејности.\nЗаради обезбедување на својата социјална сигурност, работните луѓе основаат самоуправни интересни заедници на пензиското и инвалидското осигурување или на други видови социјално осигурување во кои ги здружуваат средствата за таа цел и врз начелата на заемност и солидарност и на минатиот труд ги утврдуваат своите заеднички и поединечни обврски спрема тие заедници и заедничките и поединечните права што ги остваруваат во нив.\nВрз овие основи можат да се основаат самоуправни интересни заедници и во други области, во кои со здружување на средства во заеднички фондови, се остваруваат определени заеднички интереси врз начелата на заемност и солидарност.\nРаботните луѓе непосредно и преку своите организации на здружениот труд и други самоуправни организации и заедници основаат самоуправни интересни заедници во станбената област, во кои овие организации и заедници здружуваат средства за станбена изградба, ја утврдуваат политиката и програмата на таа изградба и заедно со станарите управуваат со станбените згради и становите во општествена сопственост и остваруваат други заеднички интереси.\nВо областа на комуналните дејности, енергетиката, водостопанството, сообраќајот и другите дејности на материјалното производство, ако трајното вршење на тие дејности е неопходно заради задоволување на потребите на определени корисници, можат да се основаат самоуправни интересни заедници на организациите на здружениот труд од тие области и корисниците на нивните производи и услуги во кои тие ги остваруваат заедничките интереси утврдени со самоуправна спогодба.\nЗаради што понепосредно остварување на своите самоуправни права и интереси, работниците и другите работни луѓе и нивните организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници — членови на самоуправните интересни заедници имаат право во интересната заедница, под услови утврдени со самоуправната спогодба за основањето на самоуправната интересна заедница или со нејзиниот статут, да се организираат во основна заедница или единица за определено подрачје или за остварување на определени заеднички интереси и во таа основна заедница односно единица да остваруваат определени свои самоуправни права и интереси.\nСамоуправните интересни заедници можат да се здружуваат во пошироки интересни заедници и да основаат сојузи и други здруженија на интересни заедници, како и да воспоставуваат други облици на меѓусебна соработка.\nКога самоуправна интересна заедница се основа за подрачје пошироко од подрачјето на општината, можат за подрачјата на општините да се основаат основни заедници како делови на таа самоуправна интересна заедница.\nСамоуправната интересна заедница и основните заедници и единици во нејзин состав, како и здруженијата на самоуправните интересни заедници, се правни лица со право, обврски и одговорности што ги имаат врз основа на уставот, законот, самоуправната спогодба за основањето на интересната заедница односно на здруженијата на интересните заедници и со нивниот статут.\nСо закон односно со одлука на собранието на општината заснована врз закон, може да се утврди обврска за основање односно да се основа самоуправна интересна заедница кога определени дејности односно работи на таквата заедница се од посебен општествен интерес, како и да се утврдат начелата за нејзината организација и за меѓусебните односи во неа и да се пропише обврска за плаќање на придонес на таа заедница.\nДејностите односно работите за кои со закон односно со одлука на собранието на општината заснована врз закон е утврдено дека се од посебен општествен интерес, самоуправната интересна заедница е должна да ги врши на начин утврден со законот односно со одлуката.\nАко во самоуправната интересна заедница што врши определени дејности односно работи што се од посебен општествен интерес не се донесе одлука за прашање од кое битно зависи работата на интересната заедница, Собранието на Социјалистичка Република Македонија односно собранието на општината може, под услови и во постапка пропишани со закон, да донесе одлука со која привремено се решава тоа прашање.\nСпрема самоуправна интересна заедница може да се преземат со закон утврдени привремени мерки во случаите и под условите под кои такви мерки можат да се преземат спрема организациите на здружениот труд.\n1.3.2.4 4. Средства на општествено-политичките организации и другите општествени организации\nОпштествено-политичките организации и другите општествени организации определени со закон можат да стекнуваат средства односно определени права на средства и со тие средства како општествени да се користат за остварување на своите цели и со нив да располагаат во согласност со статутот на тие организации и со закон.\nОвие организации можат, под условите утврдени со закон, да организираат стопанска и друга дејност во согласност со своите цели и да учествуваат во доходот остварен со таквата дејност заради остварување на тие цели.\n1.3.2.5 5. Општествено-економска положба и здружување на земјоделците\nНа земјоделецот и на членот на неговото домаќинство што се занимава со земјоделство му се гарантира правото работејќи со средства на кои постои право на сопственост, да ја остварува со уставот утврдената самоуправна положба во социјалистичките општествено-економски односи, да располага со остварените резултати на својот труд, да ги задоволува своите лични и општествени потреби и, врз основа на својот придонес, да ја остварува својата социјална сигурност врз начелата на заемност и солидарност.\nВрз основа на личниот труд земјоделците имаат во начело иста положба и во основа исти права и должности како и работниците во здружениот труд со општествени средства. Соодветни права и обврски земјоделците имаат и во поглед на здружувањето на трудот и на средствата, како и во односите на размената на пазарот и во кредитните односи.\nЗемјоделците можат да го здружуваат својот труд и средствата на трудот во земјоделски задруги и во други облици на здружување на земјоделците или да ги здружуваат со организации на здружениот труд.\nЗемјоделската задруга има во начело положба, права, обврски и одговорности на организација на здружениот труд.\nЗемјоделците можат на средствата што ги здружуваат во земјоделска задруга да го задржат правото на сопственост или да утврдат право на враќање на вредноста на тие средства и други права по основ на нивното здружување, согласно со договорот за тоа здружување и со статутот на задругата.\nОд доходот што земјоделската задруга ќе го оствари со своето работење, на земјоделците што го здружиле во задругата својот труд и средства, им припаѓа дел од доходот сразмерно со придонесот што го дале за остварување на тој доход со својот труд и со здружување на средствата односно со соработката со задругата. Делот на доходот што ќе го оствари задругата над овој износ се внесува како општествена сопственост во фондовите на земјоделската задруга и се користи за проширување и унапредување на нејзината дејност.\nЗдружувајќи го слободно и рамноправно својот труд и средствата на трудот со работниците во здружениот труд со општествени средства, земјоделците ја прошируваат материјалната основа на својот труд и се користат со резултатите на општиот материјален и општествен развој и врз таа основа поцелосно ги задоволуваат своите лични и општествени потреби и ги развиваат своите работни и други способности.\nЗемјоделците што својот труд и средства на трудот ги здружуваат непосредно или преку земјоделска задруга или друг облик на здружување на земјоделците со организација на здружениот труд и со неа трајно соработуваат, управуваат рамноправно со работниците на таа организација, со заедничките работи, заеднички одлучуваат за заеднички остварениот доход и учествуваат во неговата распределба според својот придонес во остварувањето на тој доход во согласност со самоуправната спогодба.\nСо закон може да се пропише обврска за здружување на земјоделците што работат со свои средства на трудот или нивна соработка со определена работна организација, заради изведување\nНа мелиоративни работи, подобро искористување на мелиорираното земјиште и на водите, за одбрана од водите, за заштита на земјиштето од ерозија и уредување на пороите, или кога тоа го бара посебен општествен интерес во областа на одгледувањето и искористувањето на шумите или на унапредувањето на земјоделското производство на определени земјишта.\n1.3.2.6 6. Самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓани\nСе гарантира слободата на самостојниот личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓани кога вршењето на дејностите со личен труд му одговара на начинот, на материјалната основа и на можностите на личниот труд и кога не е во спротивност со начелото за стекнување доход според трудот и со другите основи на социјалистичкото општествено уредување.\nСо закон се уредуваат условите за вршење на дејностите со самостоен личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓани и сопственосните права на средствата на трудот и на деловните простории што се користат за вршење на дејноста со самостоен личен труд.\nСо закон можат, кога тоа го бара општествениот интерес, да се определат дејностите што не можат да се вршат со самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓани.\nРаботните луѓе што самостојно вршат дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани можат да основаат задруга и во неа, врз начелата за рамноправност, да го здружуваат својот труд и средствата на трудот и заеднички да располагаат со доходот што ќе го оствари задругата.\nЗадругата што ја основаат работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани има положба, права, обврски и одговорности на земјоделска задруга, а нејзините членови имаат положба, права, обврски и одговорности како и членовите на земјоделската задруга.\nРаботните луѓе што самостојно вршат дејност со личен труд можат, во согласност со договор и со закон, својот труд и средствата на трудот да ги здружуваат со организациите на здружениот труд во различни облици на кооперација и други видови деловна соработка. Во рамките на таа соработка овие работни луѓе учествуваат во управувањето со заедничките работи, заеднички одлучуваат за заеднички остварениот доход и учествуваат во неговата распределба сразмерно со својот придонес во остварувањето на тој доход.\nРаботниот човек што самостојно врши дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани може, врз самоуправна основа, да го здружува својот труд и средства на трудот со трудот на други лица во рамките на договорна организација на здружениот труд.\nРаботниот човек што во договорната организација на здружениот труд го здружил својот труд и средства со трудот на други лица има право, како работоводител, да раководи со работењето на договорната организација и заедно со работниците да одлучува за нејзината работа и развој.\nНа работоводителот и на работниците во договорната организација на здружениот труд, врз основа на нивниот труд, им припаѓаат средства за задоволување на личните и заедничките потреби, а на работоводителот врз основа на средствата што ги здружил и дел од доходот во согласност со начелата што важат за здружување на трудот и на општествените средства во организациите на здружениот труд.\nДелот од доходот остварен во договорната организација на здружениот труд, што преостанува по издвојувањето на средства за задоволување на личните и заедничките потреби на работоводителот и работниците и делот на работоводителот врз основа на средствата што ги здружил, е општествена сопственост. Работниците, заедно со работоводителот, управуваат со тој дел од доходот врз основа на својот труд како со општествени средства.\nУсловите и начинот на основањето и работењето на договорната организација на здружениот труд, како и нејзините права, обврски и одговорности се уредуваат со закон, а меѓусебните права, обврски и одговорности на работоводителот и работниците со договор во согласност со законот. Со договор се уредуваат и начинот и условите на здружувањето на средствата, како и начинот и условите на повлекувањето односно исплатувањето на средствата што работоводителот ги внел во договорната организација.\nРаботоводителот на договорната организација на здружениот труд го задржува правото на сопственост на средствата што ги здружил во таа организација. Со повлекувањето односно исплатувањето на овие средства на работоводителот му престануваат правата што ги има како работоводител во договорната организација.\nСо закон се определува во кои дејности, во согласност со нивната природа и со општествените потреби, и под кои услови работниот човек што самостојно врши дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани може, но исклучок и во ограничен обем, без основање на договорна организација на здружениот труд да користи дополнителен труд на други лица со нивно вработување.\nДоговорот за вработување го склучуваат работниот човек и работниците што ги вработува во согласност со колективниот договор што го склучуваат синдикалната организација и соодветната стопанска комора односно другото здружение во кое се претставени работни луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓаните. Со колективниот договор на тие работници им се обезбедува, согласно со правата на работниците во здружениот труд, право на средства за задоволување на личните и заедничките потреби и други права што ја обезбедуваат нивната материјална и социјална сигурност.\nСо закон може да се определи делот од доходот што е резултат од вишокот на трудот на работниците вработени кај работниот човек што самостојно врши дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани да стане општествена сопственост и да се користи за потребите на развојот.\n1.3.2.7 7. Општествено планирање\nРаботниците во основните и другите организации на здружениот труд и работните луѓе во самоуправните интересни заедници, месните заедници и другите самоуправни организации и заедници во кои управуваат со работите и со средствата на општествената репродукција имаат право и должност, потпирајќи се врз научните сознанија и врз нив заснованите оценки за развојните можности и почитувајќи ги економските законитости, самостојно да донесуваат планови и програми за работа и за развој на своите организации и заедници, тие планови и програми да ги усогласуваат меѓусебно и со општествените планови на општествено-политичките заедници и врз таа основа да обезбедуваат усогласување на односите во целината на општествената репродукција и насочување на целокупниот материјален и општествен развој во согласност со заедничките интереси и цели утврдени врз самоуправни основи.\nПлановите и програмите за работа и развој на основните организации на здружениот труд и на организациите на здружениот труд во чиј состав се, се донесуваат и остваруваат во односи на соработка и меѓусебна зависност што произлегуваат од здружувањето на трудот и средствата во тие организации согласно со самоуправната спогодба обезбедувајќи го притоа правото на работниците во основните организации на здружениот труд да одлучуваат за донесувањето на тие планови и програми.\nОсновните и другите организации на здружениот труд, здружени во самоуправни интересни заедници или во други самоуправни организации и заедници, ги донесуваат и ги остваруваат своите планови и програми за работа и развој во согласност со заедничките интереси и цели односно со заедничките планови и програми што спогодбено ќе ги утврдат во рамките на овие самоуправни организации и заедници.\nОрганизациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници ги усогласуваат своите планови и програми за работа и развој и со плановите и програмите на другите самоуправни организации и заедници со кои имаат определени заеднички интереси и цели што произлегуваат од нивната соработка и меѓусебна зависност во општествената репродукција и што ги утврдуваат со самоуправна спогодба.\nМеѓусебните обврски што основните и другите организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници спогодбено ги утврдиле заради остварување на заедничкиот план, не можат еднострано да се раскинуваат односно да се менуваат за времето за кое е утврден планот.\nВрз основа на договор за заедничките интереси и цели на стопанскиот и општествениот развиток во општината, градската и регионалната заедница и на Републиката и, врз основа на плановите и програмите за работа и развој на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници, како и врз основа на заеднички оценетите можности и услови за развиток се донесуваат општествени планови на општините, на градските заедници и на Републиката.\nСо општествените планови на општините, на градските заедници и на Републиката се утврдува заедничката политика на развојот и насоките и рамките за донесување на мерките на економската политика и управните и организационите мерки со кои се обезбедуваат услови за остварување на тие планови.\nСо плановите за работа и развој на организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, како и со општествените планови на општините, на градските заедници и на Републиката, можат да се утврдуваат инвестиции и други цели и задачи односно може да се пристапи кон нивно остварување само ако се обезбедени материјални и други потребни услови за нивното остварување, на начин пропишан со закон.\nИзвршувањето на посебни задачи заради остварување на делите утврдени со општествените планови може да се утврди како обврска на определени организации на здружениот труд или на други самоуправни организации и заедници само врз основа на согласност на соодветните организации односно заедници. Ако извршувањето на ваквите задачи се утврдува како заедничка обврска на повеќе организации или заедници или и како обврска на органите на општината, на градската заедница односно на Републиката, овие организации, заедници или органи спогодбено ги утврдуваат заемните права и обврски и својата заедничка и поединечна одговорност за извршување на тие обврски.\nАко со општествениот план, врз основа на заеднички утврдените интереси и цели на развојот, се утврди дека извршувањето на определени задачи е неопходно за општествена репродукција, а со спогодба на организациите на здружениот труд или на другите самоуправни организации или заедници не можеле да бидат обезбедени средства и други потребни услови за нивното извршување, со закон може да се утврди обврска за здружување на средства за таа цел и да се пропишат други мерки заради извршување на тие задачи. Со овој закон се уредуваат висината на средствата, начинот на нивното користење, начинот и роковите на нивното враќање, како и правата и обврските на организациите на здружениот труд во управувањето со здружените средства.\nОвој закон се донесува откако Собранието на Социјалистичка Република Македонија ќе оцени дека здружувањето на средствата е од општ општествен интерес. Законот се донесува со мнозинство гласови на сите делегати во Соборот на здружениот труд.\nСобранието во согласност со развојната политика на Републиката, ја следи употребата на средствата и врши надзор над таа употреба.", "subject": [], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281974%29", "word_count": 16262, "cyrillic": 0.999}
{"id": "7243", "title": "Писмо од апостол Павле до христијаните во Рим (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =<sup>1</sup>Од Павле, слуга на Исус Христос. Бог ме повика да бидам апостол и да се посветам на проповедање на Радосната вест.\n<sup>2</sup>Неа Бог уште одамна ја вети, како што имаат запишано во Светото писмо Неговите пророци.\n<sup>3</sup>Радосната вест зборува за Неговиот Син. Тој според Својата човечка природа му беше наследник на Давид.\n<sup>4</sup>Што се однесува до Неговата божествена светост, Тој со голема сила покажа дека е Божји Син, со тоа што воскресна од мртвите. Тоа е Исус Христос, нашиот Господ.\n<sup>5</sup>Преку Него и во Негово име Бог ни ја даде таа привилегија да бидеме Негови апостоли и да ги повикуваме луѓето од сите народи кон покорност што доаѓа од вера.\n<sup>6</sup>Меѓу оние што се повикани да Му припаѓаат на Исус Христос сте и вие.\n<sup>7</sup>До сите вас во Рим, до сите што Бог ги сака и што се повикани да бидат Негов народ.\nВи посакувам нашиот Татко, Бог и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.\n1 Молитва за благодарност.\n<sup>8</sup>Најнапред сакам да Му заблагодарам на мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се раскажува по целиот свет.\n<sup>9</sup>Бог, Оној на Кого јас Му служам со сето свое срце во проповедањето на Радосната вест за Неговиот Син, ми е сведок дека во моите молитви постојано си спомнувам за вас.\n<sup>10</sup>Секогаш во моите молитви барам, ако е според Божја волја, патот да ме наведе да дојдам кај вас.\n<sup>11</sup>Копнеам да ве видам, за да можам да споделам со вас некој духовен дар, па да зацврснете,\n<sup>12</sup>да се охрабриме еден со друг, преку верата што е и ваша и моја.\n<sup>13</sup>Сакам да знаете драги пријатели дека често пати посакував да дојдам кај вас, за и меѓу вас да има плодови од мојата работа, како што има меѓу останатите народи. Но сѐ до сега бев спречен.\n<sup>14</sup>Се чувствувам должен и кон цивилизираните народи и кон останатите, кон мудрите и кон неразумните,\n<sup>15</sup>па, колку што тоа зависи од мене, желен сум да дојдам кај вас во Рим и да проповедам.\n2 Силата на Радосната вест.\n<sup>16</sup>Не, јас не се срамам од Радосната вест. Таа е силата со која Бог ќе го спаси секој што верува, прво Евреите, а потоа и останатите народи.\n<sup>17</sup>Преку неа е откриено како Бог ќе се измири со сите што се верни, но само со верните. Токму тоа и го пишува во Светото Писмо: <А праведниот преку вера ќе живее.\"\n3 Вината на човештвото.\n<sup>18</sup>Бог јасно покажа дека се гневи од небото против сите безбожни и неправедни луѓе, што со својата неправичност ја замаглуваат вистината.\n<sup>19</sup>Она што може да се знае за Бог тие го знаат, зашто Бог тоа јасно им го покажа.\n<sup>20</sup>Она што е кај Бог невидливо, Неговата вечна моќ и божествена природа, може јасно да се согледа преку создавањето на светот и да се разбере преку сѐ што е создадено. Затоа за безбожните нема оправдување.\n<sup>21</sup>Тие, иако знаат за Бог, ниту Го почитуваат, ниту Му се благодарни. Напротив, потонаа во празни мудрувања, а нивните неразумни умови се помрачија.\n<sup>22</sup>Иако тврдат дека се мудри, испаднаа глупави.\n<sup>23</sup>Наместо да Го слават бесмртниот Бог, тие слават ликови на смртни луѓе, птици, четвороножни животни и влекачи.\n<sup>24</sup>Затоа Бог ги препушти на страстите на нивните срца, на нечистотија, самите меѓу себе да си ги понижуваат телата.\n<sup>25</sup>Ја заменија вистината за Бог со лага, па му служат и му се поклонуваат на создаденото, а не на Оној што го создал, Кој е благословен за вечни времиња. Амин.\n<sup>26</sup>Затоа Бог ги препушти на нивните ниски страсти. Дури и нивните жени веќе не сакаат да водат љубов на природен начин, туку прават едни со други работи што се спротивни на нивната природа.\n<sup>27</sup>Истото се случува и со мажите. Напуштајќи ја природната склоност кон жените, ги распалија страстите еден кон друг, мажи со мажи правеа срамни нешта и добија заслужена казна за нивната расипаност.\n<sup>28</sup>Како што тие одбија да го прифатат Бог во своите умови, така Тој ги предаде на изопачени умови, да прават недолични работи.\n<sup>29</sup>Се исполнија со секаков вид неправичност, лошотија, алчност и злоба. Се исполнија со завист, убиства, раздор, измама и расипаност. Тие зборуваат лошо еден за друг,\n<sup>30</sup>клеветат, Го мразат Бог, дрски се и безобразни, фалбаџии, само измислуваат нови начини да направат некое зло. Непослушни се кон родителите,\n<sup>31</sup>несовесни, што ќе ветат не исполнуваат, бездушни се и безмилосни.\n<sup>32</sup>Иако го знаат Божјиот праведен Закон, според кој сите што така постапуваат заслужуваат смрт, не само што си тераат по свое, туку ги поттикнуваат и другите да прават така.\n= Глава 2 =\n4 Божјиот суд.\n<sup>1</sup>Некои од вас секого што ќе стигнат го осудуваат дека не постапува како што треба. Нема оправдување за таквото однесување. Кога ги осудувате луѓето, а потоа и вие истото го правите, самите себе се осудувате.\n<sup>2</sup>Ние знаеме дека Бог е во право кога суди против оние што вака се однесуваат.\n<sup>3</sup>Дали мислиш дека осудувајќи ги другите ќе ја избегнеш Божјата пресуда, иако и ти истото го правиш,\n<sup>4</sup>или ја презираш Божјата огромна благонаклоност, толерантност и стрпливост, не сфаќајќи дека Бог е благонаклонет кон тебе за да те доведе до покајување?\n<sup>5</sup>Но, заради твојата тврдоглавост, заради тоа што во тебе каење нема, ти уште пожестоко ќе бидеш казнет на денот кога Бог ќе покаже колку е гневен и кога праведно ќе им суди на сите луѓе,\n<sup>6</sup>кога <Бог секого ќе го награди зависно од тоа како постапувал.\"\n<sup>7</sup>Од една страна на оние што се однесуваат добро, стрпливо надевајќи се на слава, чест и бесмртност, Бог ќе им даде вечен живот,\n<sup>8</sup>но за оние што се себични, што ја отфрлаат вистината и го следат злото, ќе има гнев и лутина.\n<sup>9</sup>Маки и страдања ќе има за сите што прават зло, прво за Евреите, но и за останатите народи,\n<sup>10</sup>а слава, чест и мир за секој што прави добро, прво за Евреите, а потоа и за останатите народи.\n<sup>11</sup>Кај Бог нема пристрасност.\n<sup>12</sup>Оние што грешат не познавајќи го Законот, ќе бидат казнети затоа што прават зло. Оние, пак, што го знаат Законот, а сепак грешат, ќе бидат судени според Законот.\n<sup>13</sup>Не се праведни пред Бог оние што имале можност да го слушнат Законот, туку оние што постапуваат според него.\n<sup>14</sup>Има луѓе што не го знаат Законот, но сепак природно се придржуваат кон заповедите што произлегуваат од него. Тие не го знаат Законот, а природно им е да се придржуваат до неговите заповеди.\n<sup>15</sup>Тоа е доказ дека она што Законот го бара е запишано во нивните срца. За нив мерило за однесувањето е и нивната совест, нивните мисли што понекогаш ги обвинуваат, а понекогаш ги бранат.\n<sup>16</sup>Тоа ќе се види во денот кога Бог, преку Исус Христос, ќе го суди она што е сокриено во луѓето, како што и кажува Радосната вест што јас ја пренесувам.\n5 Евреите и Законот.\n<sup>17</sup>Ако ти се нарекуваш Евреин и се потпираш на Законот, фалејќи се со посебната поврзаност на твојот народ со Бог,\n<sup>18</sup>ако знаеш што на Бог Му е по волја и го одобруваш она што е најдобро, затоа што си учел од Законот,\n<sup>19</sup>веруваш дека можеш да им бидеш водач на слепите, светло на оние што живеат во мрак,\n<sup>20</sup>ако поучуваш неразумни и млади, имајќи во Законот пример за знаење и вистина,\n<sup>21</sup>може ли, учејќи ги останатите, самиот себе да не се поучиш!? Ти што велиш дека не треба да се краде, дали и самиот не крадеш!?\n<sup>22</sup>Ти што велиш дека не треба да се прават прељуби, дали и самиот не правиш прељуби!? Ти што се гнасиш од идоли, дали и самиот не ограбуваш храмови!?\n<sup>23</sup>Ти што се фалиш со Законот, а сепак го прекршуваш со тоа Му нанесуваш срам на Бог.\n<sup>24</sup>Токму така и стои запишано во Светото писмо: <Зашто поради вас незнабошците зборуваат навредливо за Божјото име.\"\n<sup>25</sup>Од обрежувањето има полза само ако се придружуваш кон Законот. Ако го прекршуваш, исто е како и да не си обрежан.\n<sup>26</sup>Затоа, ако необрежан човек се придржува кон Законот, зарем нема да се смета за еднакво добар со обрежаните.\n<sup>27</sup>Оние што телесно не се обрежани, а сепак го спроведуваат Законот, ќе ве осудат вас што, иако го имате Законот напишан и сте обрежани, сепак го прекршувате.\n<sup>28</sup>Човек не станува Евреин со тоа што ќе почне да се облекува и да се однесува како Евреите, не станува Евреин со тоа што телесно ќе се обреже.\n<sup>29</sup>Вистински Евреин е оној што е Евреин длабоко во себе. Обрежувањето е вистинско ако е направено врз срцето. Тоа е дело на Светиот Дух, а не на пишаниот Закон. Тогаш славата доаѓа од Бог, а не од луѓето.\n= Глава 3 =<sup>1</sup>Значи предност ли е да се биде Евреин? Има ли некаква корист од обрежувањето?\n<sup>2</sup>Голема предност е во секој поглед! Прво, Светото писмо им е ним доверено.\n<sup>3</sup>Што ако некои од нив не поверуваа? Дали тоа значи дека и на Бог не може да Му се верува?\n<sup>4</sup>Секако не! Дури и сите луѓе да испаднат лажговци, на Бог може да Му се верува, како што стои запишано:\n<Ќе се покаже дека е вистина она што го зборуваш\nи ќе извојуваш победа кога ќе бидеш суден.\"\n<sup>5</sup>Но ако нашата неправедност ја изнесува на виделина Божјата праведност, што тоа значи? Дека Бог неправедно истура гнев врз нас? (Зборувам онака како што луѓето размислуваат.)\n<sup>6</sup>Секако не! Ако беше Бог неправеден, како тогаш би можел да му суди на светот!?\n<sup>7</sup>Некој може ќе рече: <Ако преку мојата лага, уште повеќе доаѓа до израз Божјата вистина и Неговата слава се возвеличува, зошто тогаш Бог ме смета грешник?\"\n<sup>8</sup>Има луѓе што лажно нѐ обвинуваат и тврдат дека ние велиме: <Да правиме лоши работи, за од тоа да испадне добро!\" Не е така, а тие ќе си ја добијат казната што ја заслужуваат.\n6 Никој не е праведен.\n<sup>9</sup>Што следува од ова? Дали ние Евреите сме подобри од останатите народи? Не, не сме. Ние веќе рековме дека и Евреите и останатите народи ги раководи гревот.\n<sup>10</sup>Како што е напишано во Светото писмо:\n<Нема ниту еден праведен,\n<sup>11</sup>нема ниту еден што разбира,\nнема ниту еден што Го бара Бог.\n<sup>12</sup>Сите скршнаа и станаа отпад.\nНема ниту еден единствен човек,\nшто прави добро.\"\n<sup>13</sup><Грлата нивни - гробови отворени,\nјазиците само за злобни лаги им служат.\"\n<Зад усните отров змијски кријат.\"\n<sup>14</sup><Устите им со клетви и горчина се полни.\"\n<sup>15</sup><Брзи се стапалата нивни да пролеваат крв.\n<sup>16</sup>Кај ќе стапнат - трева не расте.\n<sup>17</sup>Да живеат во мир тие не знаат.\"\n<sup>18</sup><Страв од Бог кај нив нема.\"\n<sup>19</sup>Ние знаеме дека она за што зборува Законот се однесува на сите што се должни да му се покоруваат. Затоа за никого нема изговор и целиот свет е одговорен пред Бог.\n<sup>20</sup>Со спроведување на Законот никој нема да биде оправдан! Напротив, преку Законот само стануваме свесни за нашата грешност.\n7 Како Бог нѐ измирува со Себе.\n<sup>21</sup>Сега гледаме како Бог нѐ измирува со Себе. За тоа зборуваат и Законот и Пророците. Бог не се измирува со нас затоа што ние му се покоруваме на Мојсеевиот Закон,\n<sup>22</sup>туку затоа што веруваме во Исус Христос. Тоа важи за сите што веруваат. Нема никаква разлика,\n<sup>23</sup>зашто сите згрешија и сите се лишени од Божјата слава.\n<sup>24</sup>Оправдувањето е подарок. Тоа доаѓа затоа што Бог е благонаклонет кон нас. Бог се измирува со нас преку откупот што го плати Исус Христос.\n<sup>25</sup>Него Бог Го испрати да биде жртва за нас. Исус ја пролеа Својата крв, за оние што веруваат во Него да можат да се измират со Бог. Бог ова го направи за да не се доведе во прашање Неговата праведност, а сепак нашите претходно направени гревови да не се земат во обзир.\n<sup>26</sup>Тој долго време имаше трпение со нас, за во ова наше денешно време да покаже дека е правичен. Така Неговата правичност не е доведена во прашање, а оние што веруваат во Исус се оправдани.\n<sup>27</sup>Има ли тука место за фалење? Се разбира не. Кој е начинот, преку покорување на Законот ли? Не, туку преку вера.\n<sup>28</sup>Ние сметаме дека човек се измирува со Бог затоа што верува, а не затоа што се придржува до Законот.\n<sup>29</sup>Дали Бог им припаѓа само на Евреите? Зарем тој не им е Бог и на останатите народи? Се разбира дека е!\n<sup>30</sup>Има е само еден Бог и Тој ги прифаќа и обрежаните и необрежаните, едноставно затоа што веруваат.\n<sup>31</sup>Значи ли тоа дека ние го поништуваме Законот преку верата? Никако! Ние само го потврдуваме.\n= Глава 4 =\n8 Примерот на Авраам.\n<sup>1</sup>Што по ова прашање можеме да научиме од нашиот прататко Авраам?\n<sup>2</sup>Ако Авраам бил оправдан заради неговите постапки, тој имал причина да се фали. Но тој сигурно не би можел да му се фали на Бог.\n<sup>3</sup>Светото Писмо вели: <Авраам поверува и Бог го прифати како праведен.\"\n<sup>4</sup>Кога некој работи, наградата што му се дава не претставува подарок, туку обврска.\n<sup>5</sup>Од друга страна, оној што се потпира на својата вера, а не на исправноста на своите постапки, што верува во Оној што ги оправдува грешниците, токму заради таа негова вера Бог го измирува со Себе.\n<sup>6</sup>Давид зборува за истото нешто кога вели дека е благословен оној човек кого Бог го смета за праведен, без оглед на неговите постапки:\n<sup>7</sup><Благословени се оние чии престапи се простени,\nчии гревовите се покриени.\n<sup>8</sup>Благословен е оној човек\nчиј грев Бог никогаш нема да го земе во обзир.\"\n<sup>9</sup>Дали овој благослов важи само за обрежаните, или важи и за необрежаните? Велиме Бог го прифати Авраам, затоа што Авраам имаше вера во Него.\n<sup>10</sup>Кога го прифати? Дали тоа беше пред Авраам да се обреже, или после? Тоа се случи пред Авраам да биде обрежан.\n<sup>11</sup>Тој се обрежа, за со тој чин да покаже дека Бог го прифати заради неговата вера што ја имаше додека сѐ уште не беше обрежан. Така тој им стана татко на сите што се верни и Бог ги прифаќа како праведни, иако не се обрежани.\n<sup>12</sup>Истовремено им стана татко на сите што се обрежани, но не се само обрежани, туку и го следат примерот на нашиот татко Авраам, и веруваат исто како што тој веруваше додека сѐ уште не беше обрежан.\n9 Божјото верување е примено преку вера.\n<sup>13</sup>Бог им вети на Авраам и на неговите потомци дека тие ќе го наследат светот. Ова ветување не им беше дадено затоа што Авраам му се покоруваше на Законот, туку заради неговата вера, заради што Бог и го прифати како праведен.\n<sup>14</sup>Ако вистински наследници се оние што му се покоруваат на Законот, верата нема никаква вредност и Божјото ветување веќе не важи.\n<sup>15</sup>Кога се крши Законот Бог се гневи. Каде што нема Закон, нема ни прекршување на Законот.\n<sup>16</sup>Ветувањето е засновано на вера, за да биде применливо на сите на кои Бог им е благонаклонет и да го опфати сето потомство на Авраам. Тоа важи не само за оние што живеат според Законот, туку и за оние што му се потомци, затоа што ја имаат истата вера што ја имаше и тој. Авраам е прататко на сите нас.\n<sup>17</sup>Во Светото Писмо стои запишано: <Те направив татко на многу народи.\" Авраам веруваше во Него и затоа Бог му го даде ова ветување, Бог, Оној што мртви оживува, она што не постои ќе го викне и тоа станува стварност.\n<sup>18</sup>Авраам, иако изгледаше дека е тоа невозможно, поверува дека тој ќе стане татко на многу народи, заради тоа што му беше кажано: <Толкав ќе биде бројот на твоите потомци.\"\n<sup>19</sup>Не му ослабна верата. Знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и Сара веќе не можеше да раѓа.\n<sup>20</sup>Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Верата му даде сила и тој му оддаде слава на Бог.\n<sup>21</sup>Беше целосно убеден дека Бог е способен да го направи она што го вети.\n<sup>22</sup>Кога пишува: <И беше прифатен како праведен.\"\n<sup>23</sup>не се мисли само на Авраам,\n<sup>24</sup>туку и на нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус,\n<sup>25</sup>Кој беше предаден на смртта заради нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.\n= Глава 5 =\n10 Измирени со Бог.\n<sup>1</sup>Сега, преку вера, станавме прифатливи за Бог, па заради нашиот Господ Исус Христос, живееме во мир со Бог.\n<sup>2</sup>Преку Исус почувствувавме колку е Бог благонаклонет кон нас. Таквата благонаклоност не сме ја заслужиле, туку сме ја добиле преку вера. Затоа се гордееме и со нетрпение очекуваме да нѐ огрее и нас Божјата слава.\n<sup>3</sup>Не тоа не е сѐ. Ние се гордееме кога страдаме, затоа што знаеме дека страдањето создава стрпливост,\n<sup>4</sup>стрпливоста го гради карактерот, а тој ни дава надеж\n<sup>5</sup>што никогаш нема да нѐ разочара. Бог, преку Светиот Дух што ни го даде, ги исполни нашите срца со Неговата љубов.\n<sup>6</sup>Уште додека бевме беспомошни и грешни, кога дојде определеното време, Христос умре за нас.\n<sup>7</sup>Тешко некој би посакал да умре за чесен човек. За добар човек можеби некој и би се решил да умре,\n<sup>8</sup>но Бог ни покажа колку многу нѐ сака уште додека бевме грешници. Тогаш Христос умре за нас.\n<sup>9</sup>Сега, откако сме оправдани затоа што Христос пролеа крв за нас, сосема сме сигурни дека преку Исус ќе бидеме поштедени од Божјиот гнев.\n<sup>10</sup>Ако додека сѐ уште бевме непријатели, се помиривме преку смртта на Неговиот син, колку повеќе сега, кога сме веќе помирени, ќе бидеме спасени затоа што Исус е жив.\n<sup>11</sup>Тоа не е сѐ. Ние се гордееме заради она што Бог го направи преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого се помиривме со Бог.\n11 Адам и Христос.\n<sup>12</sup>Гревот навлезе во овој свет преку еден човек, а со него дојде и смртта. Сите луѓе згрешија, па затоа секој мора да умре.\n<sup>13</sup>Гревот постоеше во овој свет и пред Законот, но кога нема Закон гревот не се зема во обзир.\n<sup>14</sup>И покрај тоа и тие што живееја пред Мојсеј, уште од времето на Адам, не ја одбегнаа смртта. Не ја одбегнаа ни оние што не згрешија на истиот начин на кој згреши Адам. Адам беше слика на Оној што требаше да дојде.\n<sup>15</sup>Но дарот не е како престапот. Ако заради престапот на еден човек, многумина умреа, колку повеќе Божјата благонаклоност и дарот што го добивме заради љубовта што еден човек, Исус Христос, ја покажа кон нас, ќе се излее врз многумина.\n<sup>16</sup>Божјиот дар не е како гревот на еден човек. Пресудата што се изрекува за еден престап е: <Виновен!\", а Бог, и покрај тоа што ние многу пати сме грешеле, ни подари оправдување.\n<sup>17</sup>Смртта завладеа преку престапот на само еден човек, но тоа не може да се спореди со она што го направи Исус Христос. Затоа оние што ја примиле Божјата изобилна благонаклоност и дарот на праведност ќе владеат со своите животи.\n<sup>18</sup>Значи, како што еден престап доведе до осуда на сите луѓе, така преку една праведна постапка дојде до оправдување што им носи живот на сите луѓе.\n<sup>19</sup>Како што преку непокорноста на еден човек многумина станаа грешници, така преку покорноста на еден Човек многумина ќе станат праведни.\n<sup>20</sup>Законот беше даден за да се види колку е гревот моќен. Но и покрај тоа што гревот многу нарасна, Божјата благонаклоност испадна посилна.\n<sup>21</sup>Гревот владееше служејќи се со смртта. Но сега владее Божјата благонаклоност. Бог нѐ прифати заради нашиот Господ, Исус Христос и затоа ние ќе добиеме вечен живот.\n= Глава 6 =\n12 Мртви за гревот, но живи за заедништво со Христос.\n<sup>1</sup>Што да кажеме на ова? Треба ли да продолжиме да грешиме, за Бог да стане уште поблагонаклонет кон нас?\n<sup>2</sup>Никако! За гревот ние сме веќе мртви. Како може тогаш да продолжиме да живееме во грев.\n<sup>3</sup>Зарем не знаете дека сите што се крстени во името на Исус Христос, на тој начин зеле учество во Неговата смрт?\n<sup>4</sup>Кога бевме крстени ние умревме и бевме погребани со Исус. Тоа го сторивме за, како што Христос воскресна од мртвите со помош на величествената сила на Таткото, така и ние да зачекориме во еден нов живот.\n<sup>5</sup>Ако на ваков начин Му се придруживме во Неговата смрт, ќе Му се придружиме и во Неговото воскреснување.\n<sup>6</sup>Сега знаеме дека нашата стара природа беше закована на крстот заедно со Исус, за да му се одземе силата на грешното тело. Затоа ние веќе не треба да му бидеме робови на гревот.\n<sup>7</sup>Гревот не може да владее со луѓе што се мртви.\n<sup>8</sup>Ние умревме со Христос, па затоа веруваме дека со Него и ќе живееме.\n<sup>9</sup>Знаеме дека откако Христос беше воскреснат од мртвите, нема повторно да умре. Смртта над Него веќе нема моќ.\n<sup>10</sup>Тој за гревот е веќе мртов, еднаш засекогаш. Животот што сега го живее е за Бог.\n<sup>11</sup>Така и вие треба да сметате дека сте мртви за гревот, а заедно со Исус Христос, живи за Бог.\n<sup>12</sup>Не му дозволувајте на гревот да владее со вашите тела. Тие се смртни, па затоа немојте да им се покорувате на нивните страсти.\n<sup>13</sup>Не дозволувајте деловите од вашето тело да бидат орудија на неправедноста и да прават грев. Предајте му се на Бог како луѓе оживеани од мртвите. Нека секој дел од вашето тело стане орудие на праведноста и нека Му служи на Бог.\n<sup>14</sup>Не му дозволувајте на гревот да владее со вас, затоа што вас веќе не ве раководи Законот, туку тоа што Бог ви е благонаклонет.\n13 Робови на праведноста.\n<sup>15</sup>Што тоа значи? Смееме ли ние да грешиме, заради тоа што не се раководиме според Законот, туку според Божјата благонаклоност? Никако!\n<sup>16</sup>Зарем не знаете дека на оној на кого ќе му се понудите да му се покорувате и да му робувате, негови робови и ќе станете? Можете да му робувате на гревот, а тоа води во смрт, или да Му бидете послушни на Бог и да се измирите со Него.\n<sup>17</sup>Вие му бевте робови на гревот. Благодарен сум Му на Бог што од сѐ срце поверувавте во ова учење што го прифативте.\n<sup>18</sup>Сега кога сте веќе ослободени од гревот, вие ѝ станавте робови на праведноста.\n<sup>19</sup>Јас ви давам едноставни примери, затоа што вие сѐ уште сте слаби. Вие порано ги предававте деловите на вашите тела да ѝ бидат робови на нечистотијата, на беззаконието што не знае за граници. Сега предајте се целосно и станете ѝ робови на праведноста, за да станете свети.\n<sup>20</sup>Кога му бевте робови на гревот, вие не водевте сметка за праведноста.\n<sup>21</sup>Што добивте правејќи нешта од кои сега се срамите? Тие водат право во смрт!\n<sup>22</sup>Сега сте ослободени од гревот и Му станавте робови на Бог. Тоа ќе ве направи свети и ќе ви даде вечен живот.\n<sup>23</sup>Плата за гревот е смрт! Вечниот живот е незаслужен дар од Бог, даден преку Исус Христос, нашиот Господ.\n= Глава 7 =\n14 Илустрација од бракот.\n<sup>1</sup>Драги мои, знам дека го знаете Законот и знаете дека тој има моќ над луѓето само додека се живи.\n<sup>2</sup>Мажена жена е врзана со закон со својот сопруг, но ако тој умре, таа веќе е ослободена од таа законска обврска.\n<sup>3</sup>Ако таа заживее со друг маж додека нејзиниот сопруг е сѐ уште жив, таа ќе биде наречена прељубница, но ако сопругот умре, таа е ослободена од законската обврска и ако се омажи со друг човек нема да биде прељубница.\n<sup>4</sup>Така е и со вас, драги мои. За Законот вие сте мртви, затоа што сте дел од Христовото тело. Сега слободно можете да бидете со Исус, со Оној што беше воскреснат од мртвите, за да Му бидете од корист на Бог.\n<sup>5</sup>Додека живеевме раководени само од нашите тела, грешните страсти, поттикнати од Законот, работеа во деловите на нашите тела и нѐ водеа право во смрт.\n<sup>6</sup>Сега сме ослободени од Законот, мртви за она што нѐ држеше заробени. Можеме да Му служиме на Бог на нов начин, со тоа што ќе Му се покоруваме на Неговиот Дух, а не на стариот начин, со тоа што ќе му се покоруваме на пишаниот Закон.\n15 Законот и гревот.\n<sup>7</sup>Што тоа значи? Дали Законот е грешен? Никако! Но јас не знаев каков е гревот. За него дознав преку Законот. Не знаев што е тоа алчност пред Законот да каже: <Не посакувај туѓо!\"\n<sup>8</sup>Гревот, ја искористи приликата, па преку таа заповед поттикна во мене најразлични грешни страсти. Без Законот гревот е мртов.\n<sup>9</sup>Пред да го знам Законот јас бев жив. Но кога ја слушнав таа заповед, гревот оживеа\n<sup>10</sup>и јас умрев. Така открив дека заповедта чија намера е да ми даде живот всушност води во смрт.\n<sup>11</sup>Гревот ја искористи таа заповед да ме измами и да ме убие.\n<sup>12</sup>Законот си е свет. Таа заповед е света, исправна и добра.\n<sup>13</sup>Дали ова значи дека мојата смрт ја предизвика она што е во суштина добро? Никако! Гревот е тој што ме уби, искористувајќи ја заповедта. Но истовремено преку таа заповед, се покажа дека гревот е нешто лошо и грозно.\n16 Судирот што постои во секој човек.\n<sup>14</sup>Знаеме дека Законот е духовен, а јас сум човек од крв и месо, продаден на гревот.\n<sup>15</sup>Јас не го разбирам она што го правам. Не го правам она што го сакам, туку она што го мразам.\n<sup>16</sup>Со самото тоа што не сакам да го правам она што го правам, јас се согласувам со Законот и потврдувам дека тој е добар.\n<sup>17</sup>Значи, не сум јас оној што тоа го прави, туку гревот што живее во мене.\n<sup>18</sup>Јас знам дека во мене, во моето тело, нема ништо добро. Имам желба да правам добро, но не успевам во тоа.\n<sup>19</sup>Не го правам она што е добро, како што би сакал, туку она што е зло, иако не го сакам.\n<sup>20</sup>Но ако не го сакам она што го правам, не сум веќе јас тој што тоа го прави, туку гревот што живее во мене.\n<sup>21</sup>Сфатив дека по правило вака испаѓа, кога сакам да правам добро, ете ти го злото до мене.\n<sup>22</sup>Јас, длабоко во себе му се восхитувам на Божјиот Закон,\n<sup>23</sup>но во целото мое тело гледам еден друг закон што војува против мојот ум и ме држи заробен од гревот, кој е тука, во моето тело.\n<sup>24</sup>Кутар човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело што ме води во смрт!?\n<sup>25</sup>Но, благодарен сум Му на Бог, што го стори тоа преку Исус Христос, Нашиот Господ. Така, од една страна, со мојот ум Му служам на Божјиот Закон, а од друга страна, со моето тело му робувам на гревот.\n= Глава 8 =\n17 Живот во Светиот Дух.\n<sup>1</sup>Заради тоа оние што се на страната на Исус Христос нема да бидат осудени,\n<sup>2</sup>затоа што преку Исус Христос законот на Духот што дава живот ве ослободи од законот на гревот, што води во смрт.\n<sup>3</sup>Она што беше невозможно за Законот, затоа што луѓето се слаби, тоа Бог го стори испраќајќи го Својот Сопствен Син во тело слично на грешните човечки тела, за да се справи со гревот. Така Тој го осуди гревот кај луѓето.\n<sup>4</sup>Така она што Законот со право го бара може да биде исполнето во нас што не се раководиме според телото, туку според духот.\n<sup>5</sup>Оние што се раководат според телото, размислуваат за телесни нешта, а оние што се раководат според духот, размислуваат за духовни нешта.\n<sup>6</sup>Кога во еден ум царува телесното - тоа води во смрт. Кога со умот владее духовното - тоа донесува живот и мир.\n<sup>7</sup>Умот што се раководи од телесното е непријателски настроен кон Бог. Тој не му се покорува на Божјиот Закон. Не може да му се покори.\n<sup>8</sup>Оние што се раководат според телото не можат да Му угодат на Бог.\n<sup>9</sup>Но во вас не владее телесното, туку духовното, затоа што во вас живее Божјиот Дух. Ако некој од вас Го нема во себе духот на Христос, тој не Му припаѓа на Христос.\n<sup>10</sup>Христос живее во вас. Вие сте живи затоа што Бог ве прифати, иако вашите тела мора да умрат заради вашите гревови.\n<sup>11</sup>Бог Го воскресна Исус! Неговиот Дух сега живее во вас, па со Негова помош и вас ќе ве воскресне.\n<sup>12</sup>Драги мои, ние не сме му должници на телесното, па да живееме само за задоволување на телесните потреби.\n<sup>13</sup>Ако живеете раководени од телесното вие сте осудени на смрт. Но ако со помош на Божјиот Дух, ги совладате навиките на телесното, ќе останете живи.\n<sup>14</sup>Само тие што се водени од Божјиот Дух се Негови деца.\n<sup>15</sup>Божјиот Дух не сака да нѐ направи робови што ќе се плашат од Него. Напротив, ние сме сега Негови деца и заради тоа Го викаме <Абба\", што значи Татко.\n<sup>16</sup>Божјиот Дух Лично, заедно со нашиот дух, ни сведочи дека сме ние Божји деца.\n<sup>17</sup>Ако сме деца, ние сме и наследници. Од една страна ние сме Божји наследници, од друга страна сонаследници со Христос. Ако ние сме страдале заедно со Него, заедно со Него ќе добиеме и слава.\n18 Идната слава.\n<sup>18</sup>Јас мислам дека страдањата низ кои во денешно време минуваме не можат ни да се споредат со славата што доаѓа и што ќе ни биде откриена.\n<sup>19</sup>Сѐ што е создадено со нетрпение чека да види кои ќе бидат Божјите деца.\n<sup>20</sup>Сѐ што е создадно ѝ беше потчинето на суетата, не по своја волја, туку по волјата на оној што ги потчини. Затоа живеат во надеж\n<sup>21</sup>дека и тие ќе биде ослободени од стегите на смртта и ќе ја добијат слободата што произлегува од привилегијата да се биде Божјо дете.\n<sup>22</sup>Знаеме дека сѐ до сега целиот свет стенка и се грчи од болка, како жена што се породува.\n<sup>23</sup>Не само светот, стенкаме и ние што ги уживаме првите плодови на Светиот Дух. И ние во себе стенкаме, желно очекувајќи Бог да нѐ направи негови деца и да ги ослободи нашите тела.\n<sup>24</sup>Таа надеж е она што нѐ одржува. Надежта, ако е веќе доживеана, не е надеж. Зошто некој би се надевал и би очекувал нешто што веќе го има?!\n<sup>25</sup>Ако се надеваме на она што сѐ уште го немаме, стрпливо и желно ќе го очекуваме.\n<sup>26</sup>На истиот начин и Светиот Дух ни се придружува и ни помага во нашата слабост. Ние не знаеме како би требало да се молиме. Светиот Дух се застапува за нас со неописива жестина.\n<sup>27</sup>Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што мисли Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за оние што според Божја волја се посветени.\n<sup>28</sup>Знаеме дека на оние што Го сакаат Бог и што се повикани да Му служат сѐ им оди на добро.\n<sup>29</sup>Оние што Тој ги одбрал, ги предодредил да бидат слични на Неговиот Син, за Исус да биде Првороден што има многу браќа и сестри.\n<sup>30</sup>Бог ги повикал оние што ги предодредил. Нив ги измирил со Себе и им дал удел во Неговата слава.\n19 Божјата љубов во Исус Христос.\n<sup>31</sup>Што на ова да кажеме? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас! Оној што\n<sup>32</sup>Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде заради сите нас, зарем нема заедно со Него да ни подари и сѐ друго?\n<sup>33</sup>Кој смее да подигне обвинение против оние што се од Бог одбрани, оние што Бог ги очисти?!\n<sup>34</sup>Кој смее да осудува? За нас се застапува Исус Христос. Тој умре и беше воскреснат, а сега е до Бог, од Неговата десна страна.\n<sup>35</sup>Кој може да нѐ одвои од љубовта на Христос? Можат ли тешкотиите, маките, прогоните, гладта, студот или заканите со смрт?\n<sup>36</sup>Како што е напишано во Светото писмо: <Заради Тебе секојдневно се соочуваме со смртта. Со нас постапуваат како со овци одредени за клање.\"\n<sup>37</sup>Не, во сѐ ова ние сме повеќе од победници преку Оној што нѐ сака,\n<sup>38</sup>затоа што јас сум убеден дека ни животот ни смртта, ни ангелите, ни владетелите, ни она што е, ни она што ќе дојде, ни силите\n<sup>39</sup>над нас ни силите под нас, ниту било што на овој свет не може да нѐ одвои од Божјата љубов искажана преку Исус Христос, нашиот Господ.\n= Глава 9 =\n20 Бог и неговиот народ.\n<sup>1</sup>Јас ја кажувам вистината. Му припаѓам на Христос и не лажам. Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам\n<sup>2</sup>кога ви кажувам колку е голема мојата тага, каква непрестана болка има во моето срце,\n<sup>3</sup>за мојот народ, за оние што се моја крв и месо. Заради нив јас се молев да бидам проколнат, издвоен од Христос.\n<sup>4</sup>Тие се наследници на Израел, Божји одбран народ. Ним Бог им ја покажа Неговата слава и со нив склучи завет. Ним им беше даден Законот, ним им беше доверено да служат во храмот, ним им беа дадени ветувањата.\n<sup>5</sup>Од нив потекнуваат партијарсите, од нив потекнува Христос по тело. Бог, Оној што владее над сѐ нека биде благословен за вечност. Амин.\n<sup>6</sup>Не се работи за тоа дека Божјиот збор не се исполни. Не сите Израелци се Божји народ.\n<sup>7</sup>Не сите потомци на Авраам се негови вистински наследници, туку: <Оние што се преку Исак ќе се сметаат за твои наследници.\"\n<sup>8</sup>Со други зборови, не се Божји деца оние што се родени на вообичаениот начин. Вистинските потомци се децата што беа родени онака како што вети Бог.\n<sup>9</sup>Вака гласи ветувањето: <Точно во определеното време јас ќе дојдам и Сара ќе добие син.\"\n<sup>10</sup>Ова не е сѐ. Слично нешто се случи и со Ревека. Таа зачна близнаци од еден ист човек, од нашиот предок Исак.\n<sup>11</sup>Но, за изборот на наследникот да биде целосно резултат на Божјата намера, уште пред тие да се родат и да сторат било добро или зло,\n<sup>12</sup>Бог ѝ рече на Ревека: <Поголемиот син ќе му служи на помалиот.\" Изборот не беше резултат на нивните заслуги, туку зависеше само од Оној што одбираше, од Бог.\n<sup>13</sup>Токму затоа Светото писмо вели: <Јаков го сакав, а Есав го мразев.\"\n<sup>14</sup>Значи ли ова дека Бог е неправеден. Се разбира, не!\n<sup>15</sup>На Мојсеј му рече:\n<Кон кого сакам, кон тој ќе имам милост, со кого сакам, со тој ќе сочувствувам.\"\n<sup>16</sup>Сѐ зависи од Божјата милост, а не од желбите и напорите на луѓето.\n<sup>17</sup>Вака вели Светото Писмо за фараонот: <Токму заради ова те направив цар, за да се покаже преку тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата земја.\"\n<sup>18</sup>Значи, кон кого сака Бог ќе има милост, а кого сака ќе го направи тврдоглав.\n21 Божјиот гнев и Неговата милосрдност.\n<sup>19</sup>Некој може ќе рече: <Зошто тогаш Бог смета дека грешката е кај нас? Кој може да Му се спротивстави на она што Бог има намера да го стори?\"\n<sup>20</sup>Драги мои! Кои сте вие, па да се препирате со Бог?! Може ли парчето глина да му каже на грнчарот: <Зошто си ме направил вакво?\"\n<sup>21</sup>Зарем грнчарот нема право од иста грутка глина да направи еден сад за почесна и еден сад за секојдневна употреба.\n<sup>22</sup>Токму така и се случи. Бог сакаше да го искаже Неговиот гнев и да ја покаже Неговата сила, но сепак се однесуваше многу стрпливо со оние на кои им беше гневен, оние што ги чекаше уништување.\n<sup>23</sup>Така Тој ја покаже величественоста на Неговата слава и ја излеа врз оние што Му беа драги, оние што ги беше приготвил за слава?\n<sup>24</sup>Во овие вториве сме вброени и ние, а нас нѐ има не само од Евреите, туку и од останатите народи.\n<sup>25</sup>Како што во книгата на Осија се вели:\n<На оние што не се мој народ ќе им речам: >Мој народе!' На оние што не беа сакани ќе им речам: >Драги мои!'\"\n<sup>26</sup>и\n<На истото место каде што им беше речено: >Вие не сте мој народ.' ќе бидат наречени деца на Живиот Бог.\"\n<sup>27</sup>Токму заради ова Исаија вика за Израел:\n<Дури и ако синовите на Израел станат многубројни како морската песок, само мал број од нив ќе се спасат!\n<sup>28</sup>Брзо Господ ќе го исполни тоа што го има кажано за земјата.\"\n<sup>29</sup>Исаија уште од порано има речено:\n<Ако Господ Семоќен не оставеше од нас преживеани, како Содом ќе станевме, како Гомора ќе се запустевме!\"\n22 Израел и Радосната вест.\n<sup>30</sup>Што ова значи? Останатите народи, иако не се трудеа да се измират со Бог, добија можност за измирување и тоа преку вера.\n<sup>31</sup>Израелците се обидуваа да се измират со придржување кон Законот, но не успеаја.\n<sup>32</sup>Зошто? Затоа што не се потпираа на верата, туку на сопствените постапки. Тие се сопнаа од каменот на сопнување,\n<sup>33</sup>токму како што и пишува во Светото писмо:\n<Еве ќе поставам во Сион камен од кој ќе се сопнат, карпа од која ќе паднат, а оние што веруваат во Него, нема да се разочараат.\"\n= Глава 10 =<sup>1</sup>Драги мои, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат.\n<sup>2</sup>Јас знам дека тие искрено Го сакаат Бог, но таа нивна ревносност не е заснована на знаење.\n<sup>3</sup>Тие не го знаат начинот на кој Бог се измирува со луѓето. Сакаат тоа да го сторат онака како што тие сметаат дека е исправно, а не онака како што смета Бог.\n<sup>4</sup>Но со Христос Законот веќе не е неопходен. Сите што веруваат се измируваат со Бог.\n23 Спасението е за сите.\n<sup>5</sup>Мојсеј вели дека човек може да се измири со Бог ако се придржува кон Законот: <Ако сакате да останете живи, придржувајте се до сите заповеди на Законот.\"\n<sup>6</sup>Но луѓето што преку нивната вера се измириле со Бог никогаш не би прашале: <Кој може да се качи на небо и да Го симне Христос?\"\n<sup>7</sup>Тие никогаш не би прашале: <Кој може да се симне во светот на мртвите и да Го оживее Христос!?\"\n<sup>8</sup>Оние што се измирени со Бог преку нивната вера едноставно велат:\n<Пораката е близу до тебе, на твоите усни, во твоето срце.\"\nТочно тоа е учењето за верата што ние го проповедаме.\n<sup>9</sup>Ако ти со својата уста признаваш дека Исус е Господ, ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ти ќе бидеш спасен.\n<sup>10</sup>Ако искрено веруваш и им кажуваш за својата вера на луѓето околу тебе, Бог ќе те прифати и ќе те спаси.\n<sup>11</sup>Вака вели Светото Писмо: <Секој што верува во Него нема да се разочара.\"\n<sup>12</sup>Нема разлика дали човек е Евреин или припадник на некој друг народ. Постои само еден Господ и Тој е дарежлив кон сите што бараат помош од Него.\n<sup>13</sup><Секој што ќе побара помош од Господ ќе биде спасен.\"\n<sup>14</sup>Но како може луѓето да бараат помош од Господ ако не поверувале!? Како да поверуваат, ако не ја слушнале пораката? Како да слушнат, ако никој не им проповеда?\n<sup>15</sup>Како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ? Во Светото писмо пишува:\n<Колку е прекрасно да видиш дека доаѓаат оние што носат Радосна вест.\"\n<sup>16</sup>Но не ѝ поверуваа сите на Радосната вест. Исаија вели: <Господе, има ли некој што верува во тоа што го зборуваме?\"\n<sup>17</sup>Никој не може да поверува ако не ја слушне пораката за Спасителот.\n<sup>18</sup>Но зарем Израелците не слушнаа? Се разбира дека слушнаа:\n<Нивниот глас се расчу до краиштата на земјата, нивните зборови допреа до целиот свет.\"\n<sup>19</sup>Пак ќе речам, зарем на Израелците не им е јасно? Па и Мојсеј им рече:\n<Ќе направам да им станат љубоморни на оние што како народ се никој и ништо, ќе направам да му се лутат на народ што ништо не знае.\"\n<sup>20</sup>Исаија многу отворено кажува:\n<Мене Ме најдоа оние што не Ме бараа, им се појавив на оние што не прашуваа за Мене.\"\n<sup>21</sup>а за Израелците тој вели: <Цел ден рацете ги пружав, кон народ непокорен и своеглав.\"\n= Глава 11 =\n24 Божјата милост за Израел.\n<sup>1</sup>Значи ли тоа дека Бог му сврте грб на Својот народ? Никако! Па и јас сум Израелец, потомок на Авраам, припадник на племето Бенјамин.\n<sup>2</sup>Бог не му сврте грб на Својот одбран народ. Зарем не знаете што вели Светото Писмо во оној дел кога Илија вика кон Бог против Израел:\n<sup>3</sup><Господе! Пророците Твои ги убија, жртвениците Твои ги раскопаа! Само јас останав, а и мене ме бараат за да ме убијат!\"\n<sup>4</sup>Но како Бог му одговора на Илија: <Јас сочував за себе седум илјади што не клекнаа на колена пред Баал.\"\n<sup>5</sup>Така е и денеска. Бог е благонаклонет кон Израелците, па и од нив има верни.\n<sup>6</sup>Тоа е затоа што Бог е благонаклонет кон нив, а не затоа што тие со своите постапки тоа го заслужиле. Ако Бог не беше благонаклонет кон нив, тоа немаше да се случи.\n<sup>7</sup>Сега испадна дека само мал број одбрани го добија она што сите Израелци го бараа. Останатите беа премногу тврдоглави.\n<sup>8</sup>токму како што е напишано во Светото писмо:\n<Бог ги заглупи, ги заслепи, ги направи глуви и такви се сѐ до ден денешен.\"\n<sup>9</sup>Давид вели:\n<Трпезата нивна нека им стане стапица, да се фатат, да се уловат и да си ја добијат заслужената казна.\n<sup>10</sup>Очите нека им се помрачат, за да не гледаат и довека грбави да одат!\"\n<sup>11</sup>Дали тоа значи дека Израелците отпаднаа и никогаш повеќе нема да се опорават? Се разбира, не! Нивната грешка овозможи останатите народи да се спасат, а тоа кај Израелците да предизвика љубомора.\n<sup>12</sup>Ако нивната грешка донесе толкав благослов за светот, ако нивната духовна сиромаштија донесе толкаво духовно богатство за останатите народи, колку поголем благослов ќе има кога тие целосно ќе се приклучат!?\n25 Спасението на останатите народи.\n<sup>13</sup>Сега ви се обраќам вам, што не сте Евреи. Сѐ додека сум ваш апостол ќе се гордеам со тоа што ми е доверена таа задача.\n<sup>14</sup>Белки така ќе предизвикам љубомора кај оние што се моја крв и месо, па и некој од нив ќе се спаси.\n<sup>15</sup>Ако преку тоа што тие го отфрлија Бог, останатите народи се измирија, кога ќе Го прифатат, тоа не би можело да значи ништо друго туку воскреснување на мртвите.\n<sup>16</sup>Ако првото парче леб од новата жетва се освети така што ќе Му се принесе на Бог, свети ќе бидат сите лебови месени од таа жетва. Ако е коренот свет, свети ќе бидат и гранките.\n<sup>17</sup>Вие сте како гранки од дива маслина, накалемени на питомо дрво. Неколку гранки беа скршени, а вие го зазедовте нивното место и сега ги уживате благодетите како да сте гранки од питомата маслина.\n<sup>18</sup>Немојте да мислите дека сте вие подобри од гранките што беа искршени. Не заборавајте дека не сте вие тие што го одржуваат коренот, туку тој вас ве одржува во живот.\n<sup>19</sup>Можеби ќе речете: <Гранките беа искршени, за ние да бидеме накалемени.\"\n<sup>20</sup>Тоа е вистина. Тие беа искршени затоа што немаа вера, а вие го зазедовте нивното место затоа што имате вера. Затоа немојте да бидете горделиви, туку имајте стравопочит.\n<sup>21</sup>Ако Бог не ги поштеди природните гранки, ни вас нема да ве штеди.\n<sup>22</sup>Погледнете колку благ и колку жесток Бог може да биде. Жесток кон оние што паднаа, а благонаклонет кон вас. Ако продолжите да верувате во Неговата благонаклоност, Тој ќе остане благ кон вас. Ако не и вие ќе бидете отсечени.\n<sup>23</sup>Така ќе бидат накалемени и оние што ќе поверуваат. Бог може нив повторно да ги врати назад.\n<sup>24</sup>Ако вие бевте отсечени од дивата маслина и наспроти она штое е природно бевте накалемени на питомата маслина, колку полесно оние што се дел од питомата маслина можат пак да бидат накалемени на нивното питомо дрво.\n26 Божјата милост за сите.\n<sup>25</sup>Драги мои, сакам да ви ја откријам оваа тајна, за не мислите дека сте многу мудри. Тврдоглавоста на дел од Израелците ќе трае сѐ додека не се пополни бројот од нееврејските народи.\n<sup>26</sup>Така сите Израелци ќе бидат спасени, како што е напишано во Светото писмо: <Од Сион ќе дојде Избавител. Тогаш потомците на Јаков ќе престанат да бидат зли.\n<sup>27</sup>Ова е мој Завет за нив. Тогаш ќе ги отстранам нивните гревови.\"\n<sup>28</sup>Тие не ја прифатија Радосната вест и затоа Му станаа непријатели на Бог. Тоа се случи за вие да добиете можност да ја слушнете Радосната вест. Но тие се сепак одбран народ и Бог ги сака зарадни нивните предци.\n<sup>29</sup>Бог не си ги зима назад даровите што ги дава и кога некого ќе одбере, не се предомислува.\n<sup>30</sup>Порано вие Му бевте непокорни на Бог. Сепак, заради тоа што и тие Му станаа непокорни на Бог, вие бевте помилувани.\n<sup>31</sup>На истиот начин, заради тоа што Бог се смилува над вас, ќе се смилува и над нив.\n<sup>32</sup>Сите Му беа непокорни на Бог, па затоа Тој се однесува кон сите како кон затвореници. Тоа го прави за да покаже дека им е благонаклонет.\n<sup>33</sup>О колку длабоки и изобилни се мудроста и знаењето на Бог! Колку несфатливи се Неговите пресуди, колку таинствени се Неговите патишта.\n<sup>34</sup><Знаел ли некој некогаш што Господ мисли? Му бил ли некој советник?\"\n<sup>35</sup><Кој Нему нешто Му дал, па очекува да му биде вратено?\"\n<sup>36</sup>Сѐ е од Него создадено и сѐ Тој одржува во живот. Сѐ е Негово. Нему слава нека Му е во вечни времиња. Амин.\n= Глава 12 =\n27 Да се живее, служејќи Му на Бог.\n<sup>1</sup>Драги мои, Бог е благонаклонет кон вас. Затоа ве молам да Му ги принесете вашите тела како жива жртва, света и пријатна за Бог. Тоа е најдобриот начин да Му служите.\n<sup>2</sup>Не им се прилагодувајте на луѓето околу вас, туку допуштете Бог одвнатре да ве промени со тоа што ќе го промени начинот на кој размислувате. Така ќе дознаете што Бог сака, што е добро, што Му е пријатно и што е совршено.\n<sup>3</sup>Јас знам каква благонаклоност Бог покажа кон мене и затоа на секој од вас му велам да не мисли дека е подобар отколку што навистина е. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност зависно од верата што Бог ви ја дал.\n<sup>4</sup>Како што ние во едно тело имаме многу органи и секој орган си има своја функција,\n<sup>5</sup>така и ние, иако сме многу, во Христос сите сме едно тело и секој им припаѓа на останатите.\n<sup>6</sup>Бог беше благонаклонет кон нас и на секој му даде различни дарби. Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува зависно од тоа колкава е верата што ја има.\n<sup>7</sup>Ако е некој надарен да служи, нека служи, ако е надарен да поучува, нека поучува,\n<sup>8</sup>ако е надарен да ги охрабрува останатите, нека го прави тоа. Ако некој дава, нека дава од сѐ срце. Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее. Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост.\n<sup>9</sup>Сакајте искрено. Мразете сѐ што е зло и цврсто држете се до доброто.\n<sup>10</sup>Сакајте се како браќа. Кога се работи за почести, давајте им предност на останатите.\n<sup>11</sup>Бидете ревносни, а не мрзливи. Служете Му на Господ со огнена страст во вашите срца.\n<sup>12</sup>Надежта што ја имате нека ви дава радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.\n<sup>13</sup>Грижете се за потребите на верните и бидете гостопримливи.\n<sup>14</sup>Благословувајте ги оние што ве прогонуваат. Наместо да ги колнете, благословувајте ги.\n<sup>15</sup>Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат.\n<sup>16</sup>Немојте да правите разлики меѓу луѓето. Немојте да бидете горделиви. Не треба да ви биде тешко да работите и скромни работи. Немојте да мислите дека сте вие многу паметни.\n<sup>17</sup>Никому зло за зло не враќајте. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро.\n<sup>18</sup>Колку што тоа зависи од вас, трудете се да живеете во мир со сите луѓе.\n<sup>19</sup>Драги мои, немојте да се одмаздувате. Оставете Божјиот гнев тоа да го стори. Во Светото писмо Господ вели: <Одмаздувањето е Моја работа. Јас ќе враќам.\"\n<sup>20</sup>Напротив: <Ако е гладен твојот непријател, нахрани го, ако е жеден дај му да пие. Со тоа разгорен јаглен ќе натрупаш врз неговата глава.\"\n<sup>21</sup>Не дозволувајте злото да ве победи. Вие злото победувајте го со доброто.\n= Глава 13 =\n28 Должности во однос на властите.\n<sup>1</sup>Секој нека им се покорува на властите што му се надредени, затоа што ниту една власт не се воспоставува без дозвола од Бог, па и постоечките власти се од Бог назначени.\n<sup>2</sup>Оној што им се спротивставува на властите, му се спротивставува на она што е од Бог одбрано и ќе биде казнет.\n<sup>3</sup>Владетелите не се закана за добрите, туку за лошите луѓе. Нема потреба да се плашиш од власите. Прави добро и тие ќе те пофалат.\n<sup>4</sup>Владетелот е Божји слуга и негова должност е да работи за твое добро. Ако правиш зло - плаши се, зашто владетелот не носи попусто сабја! Тој е Божји слуга и со гнев им се одмаздува на оние што прават зло.\n<sup>5</sup>Затоа, неопходно е да се покоруваш, не само заради стравот од казна, туку и затоа што совеста така ти наложува.\n<sup>6</sup>Од истата причина ги плаќате и даноците. Извршителите на власта се Божји слуги што работат за општо добри и тоа им е професија.\n<sup>7</sup>Затоа давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте го и персоналниот и данокот на имот, почитувајте ги властите, укажувајќи им ја стравопочитта што ја заслужуваат.\n29 Што треба да правиме еден кон друг.\n<sup>8</sup>Немојте никому да му останете должни. Нека ни остане само должноста да се сакаме еден со друг, затоа што оној што ги сака останатите, со тоа го исполнува Законот.\n<sup>9</sup>Заповедите: <Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не завидувај!\", всушност сите заповеди се содржани во заповедта: <Сакај ги луѓето околу тебе толку колку што самиот себе се сакаш!\"\n<sup>10</sup>Ако некого го сакаш, не можеш да му нанесеш зло. Затоа ако ги сакаш луѓето, го исполнуваш и Законот.\n<sup>11</sup>Знаете во какво време живееме. Дојде време да се разбудите. Денот кога ќе бидеме спасени е сега поблизу до нас, отколу во моментот кога поверувавме.\n<sup>12</sup>Ноќта е при крај, денот се ближи. Да престанеме да го правиме она што ѝ припаѓа на темнината. Да се вооружиме со оружјата на светлината.\n<sup>13</sup>Однесувајте се примерно, како да е ден, без оригии и пијанства, без блуд и разврат, без кавги и љубомора.\n<sup>14</sup>Дозволете Му на Господ Исус Христос да биде близу и постојано до вас, како што е облеката што ја носите и не му дозволувајте на телото да ве надвладее со неговите страсти.\n= Глава 14 =\n30 Не судете му на својот брат.\n<sup>1</sup>Прифатете ги оние што се слаби во верата, без да ги осудувате за тоа што по одредени прашања имаат поинакво мислење од вас.\n<sup>2</sup>Некој верува дека смее да јаде сѐ. Друг, пак, затоа што е слаб во верата, смета дека смее да јаде само растителна храна.\n<sup>3</sup>Оној што јаде сѐ не треба да го презира оној што јаде само одредена храна и обратно. Бог ги прифаќа и едните и другите.\n<sup>4</sup>Со кое право ти осудуваш туѓ слуга. Единствено неговиот Господар има право да го оправда или да го осуди. Не грижете се, Господ ќе ги сочува од сериозни грешки. Тој е способен да ги постави на здрави нозе.\n<sup>5</sup>Некои верни сметаат дека еден ден е поважен од останатите, а други ги сметаат сите денови за еднакви. Секој нека си процени онака како што му наложува неговиот разум.\n<sup>6</sup>Оној што на одреден ден му дава поголемо значење од останатите денови во неделата, тоа го прави од почит кон Господ. Оној што прави разлика меѓу тоа што смее, а што не смее да јаде, го прави тоа од почит кон Господ и на тој начин Му искажува благодарност. Оној што смета дека смее да јаде сѐ, исто така тоа го прави од почит кон Господ и со тоа исто така Му искажува благодарност.\n<sup>7</sup>Никој од нас за себе не живее и за себе не умира.\n<sup>8</sup>Додека сме живи, за Господ живееме. Кога умираме, за Господ умираме. Живи или мртви, ние сме Господови.\n<sup>9</sup>Токму заради ова Христос умре и оживеа, за да им биде Господ и на мртвите и на живите.\n<sup>10</sup>Зошто ги критикувате останатите верници? Зошто дури и ги презирате? Сите ние ќе застанеме пред Божјиот судски престол.\n<sup>11</sup>Во Светото писмо Господ вели: <Во Себе се колнам, нема колено што не ќе клекне пред Мене, нема јазик што нема да признае дека Јас сум Бог.\"\n<sup>12</sup>Секој од нас лично за себе ќе полага сметка пред Бог.\n31 Внимавајте да не предизвикате вашиот брат да падне.\n<sup>13</sup>Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други. Да се потрудиме да не поставуваме сопки и стапици пред останатите верници.\n<sup>14</sup>Како човек што е на страната на Господ Исус, јас сум убеден дека секоја храна, сама по себе е добра за јадење. Меѓутоа, ако некој смета дека не треба да јаде извесни нешта, за него тие се одвратни.\n<sup>15</sup>Ако со храната што ја јадете повредувате некои од останатите верници, вие не постапувате во склад со љубовта. Христос умре за нив. Немојте сега вие заради некаква си храна да ги уништувате.\n<sup>16</sup>Не дозволувајте заради вашето право да јадете сѐ да Му се нанесува навреда на Христос.\n<sup>17</sup>Божјото царство не зависи од тоа што човек јаде и пие, туку од тоа дали е праведен, дали е измирен со Бог и дали ја има радоста што ја дава Светиот Дух.\n<sup>18</sup>Ако Му служите на Христос на ваков начин, ќе му бидете по волја на Бог и ќе бидете почитувани од луѓето.\n<sup>19</sup>Да се стремиме кон она што донесува мир и взаемно нѐ изградува.\n<sup>20</sup>Немојте заради храна да го уништувате она што е дело на Бог. Сѐ смее да се јаде, но погрешно е заради она што го јадете да предизвикате некој да потклекне.\n<sup>21</sup>Најдобро е да не јадете месо, да не пиете вино, да не правите ништо што може да предизвика некој од верните да потклекне.\n<sup>22</sup>Она што го верувате во однос на овие нешта нека си остане меѓу вас и Бог. Среќен е оној што не се чувствува виновен затоа што прави нешто што смета дека е исправно.\n<sup>23</sup>Но ако некој се сомнева дали нешто смее да јаде, а сепак го јаде, тој оди против сопственото уверување. Сѐ што правите спротивно од она што го верувате е грев.\n= Глава 15 =\n32 Угодувајте им на другите, а не на себе.\n<sup>1</sup>Ние што сме силни во верата треба да ја поднесуваме слабоста на оние што се послаби, а не да си угодуваме самите на себе.\n<sup>2</sup>Секој од нас треба да им угодува на верните што се околу него, за нивно добро, за да ги изградува.\n<sup>3</sup>И Христос не си угодуваше Самиот на Себе, туку, како што е напишано: <Навредите што беа наменети за вас паднаа врз Мене.\"\n<sup>4</sup>Сѐ што во минатото е напишано во Светото писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж.\n<sup>5</sup>Сега, нека Бог, изворот на нашата цврстина и храброст, ви даде да бидете сложни меѓу себе и да го следите примерот на Исус Христос,\n<sup>6</sup>па сите заедно и сложно да Го прославувате Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос.\n33 Радосната вест за останатите народи.\n<sup>7</sup>Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Тоа е за Божја слава.\n<sup>8</sup>Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да се потврди дека Бог го исполни ветувањето што им го даде на нивните предци. Постои и друга причина зошто Тој дојде,\n<sup>9</sup>а тоа е за останатите народи да Го прославуваат Бог заради Неговата милост, како што е напишано во Светото писмо: <Затоа ќе Те славам меѓу останатите народи, на името Твое славопои ќе му пеам.\"\n<sup>10</sup>и на друго место: <Радувајте се сите што не сте Евреи, заедно со народот Негов!\"\n<sup>11</sup>и повторно: <Славете Го Господ сите народи, сите луѓе Него нека Го слават!\"\n<sup>12</sup>а Исаија вели: <Ќе се појави потомок на Јеше, ќе се крене за да владее со нееврејските народи, и на Него тие ќе се надеваат.\"\n<sup>13</sup>Сега, нека Бог, Оној што дава надеж, ве исполни со радост и мир заради вашата вера, а вашата надеж нека продолжи да расте, поткрепена од силата на Светиот Дух.\n34 Причината зошто Павле пишува толку остро.\n<sup>14</sup>Убеден сум, драги мои, дека вие сте полни со добрина, дека имате знаење и дека сте способни и други да поучувате.\n<sup>15</sup>Сепак, за некои работи остро ви напишав, за да ве потсетам. Бог беше благонаклонет кон мене.\n<sup>16</sup>Ме одбра да Му служам на Исус Христос меѓу нееврејските народи, со тоа што ќе извршувам една света задача: ширење на Божјата Радосна вест. На тој начин Светиот Дух ќе може да направи од нееврејските народи принос што ќе биде свет и прифатлив за Бог.\n<sup>17</sup>Јас сум на страната на Исус Христос и затоа се гордеам со тоа што го работам за Бог.\n<sup>18</sup>Јас се осмелувам да зборувам само за она што Христос го изврши преку мене, за тоа како ми дозволи да зборувам и делувам, за и оние што не се Евреи да Му се покорат.\n<sup>19</sup>Зборувам за тоа како Христос правеше чуда, им даваше чудотворни знаци на луѓето со помош на силата на Светиот Дух. Им ја проповедам Радосната вест за Него почнувајќи од Ерусалим, па сѐ до Илирик.\n<sup>20</sup>Моја намера е да ја проповедам Радосната вест онаму каде што сѐ уште не слушнале за Христос. Не сакам да градам врз туѓ темел.\n<sup>21</sup>Напротив, сакам да биде онака како што е напишано во Светото писмо: <Ќе сфатат оние на кои не им беше кажувано за Него, ќе разберат оние што немаа слушнато.\"\n35 Намерата на Павле да го посети Рим.\n<sup>22</sup>Затоа јас долго време бев спречен да дојдам кај вас.\n<sup>23</sup>Сега, меѓутоа, нема веќе во овие области за мене простор за работа па, заради тоа што веќе повеќе години имам желба да дојдам кај вас,\n<sup>24</sup>ќе ве посетам кога ќе тргнам на пат за Шпанија. Се надевам дека на поминување ќе се видам со вас и дека вие, откако убаво ќе си поминеме, ќе ме испратите понатаму.\n<sup>25</sup>Прво ќе одам за Ерусалим, за да им помогнам на посветените,\n<sup>26</sup>зашто верните од Македонија и Ахаја имаа желба да дадат нешто добровлни прилози за оние верни во Ерусалим што се сиромашни.\n<sup>27</sup>Тоа беше нивна желба. Се чувствуваа должни кон нив. Сметаа дека ако Евреите ги поделија духовните нешта со останатите народи, ред е и тие да им помогнат со материјални добра.\n<sup>28</sup>Кога ќе ја завршам оваа работа и ќе им ги предадам овие прилози, ќе ве посетам, а потоа ќе заминам за Шпанија.\n<sup>29</sup>Знам дека кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со целиот благослов на Христос.\n<sup>30</sup>Драги мои, преку Господ Исус Христос и преку љубовта што доаѓа од Светиот Дух, ве молам искрено да Му се молите на Бог со мене и за мене.\n<sup>31</sup>Молете се Бог да Ме заштити од неверниците во Јудеја, а посветените да го прифатат она што јас го работа.\n<sup>32</sup>Така, исполнет со радост, да дојдам кај вас и, ако е Божја волја, да останам извесно време со вас.\n<sup>33</sup>Сега нека Бог, Оној што ни дава мир, биде со сите вас. Амин.\n= Глава 16 =\n36 Поздрави.\n<sup>1</sup>Ви ја препорачувам нашата сестра Фоеба, која служи во црквата во Кенкреа.\n<sup>2</sup>Прифатете ја онака како што прилега да се прифати човек верен на Господ. Помогнете ѝ за сѐ што ќе има потреба, затоа што таа им помогна на многумина, па ми помогна и мене.\n<sup>3</sup>Поздравете ги Приска и Акила, моите соработници во Исус Христос,\n<sup>4</sup>кои ги ризикуваа сопствените животи заради мене, на кои не сум им благодарен само јас, туку и сите цркви на неевреите.\n<sup>5</sup>Поздравете ја црвката што се собира во нивниот дом.\nПоздравете го мојот драг пријател Ефаенет. Тој е првиот од Азија што се обрати за Христос.\n<sup>6</sup>Поздравете ја Марија, која многу работеше за вас.\n<sup>7</sup>Поздравете ги моите роднини Андроник и Јуниј, со кои заедно бевме во затвор. Тие се многу почитувани меѓу апостолите и уште пред мене беа Христови следбеници.\n<sup>8</sup>Поздравете го мојот драг пријател во Господ Амфлиат.\n<sup>9</sup>Поздравете го Урбан, кој работи со нас за Христос, поздравете го и мојот драг пријател Стахиј.\n<sup>10</sup>Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос.\nПоздравете го семејството на Аристобул.\n<sup>11</sup>Поздравете го мојот роднина Херодион.\nПоздравете ги оние од семејството на Нарциј што Му се верни на Господ.\n<sup>12</sup>Поздравете ги Трифаена и Трифоса, кои работат за Господ.\nПоздравете ја мојот драг пријател Персис, кој многу работеше за Господ.\n<sup>13</sup>Поздравете го Руфус, посебен слуга на Господ. Поздравете ја и неговата мајка, која и мене ми беше како мајка.\n<sup>14</sup>Поздравете го Асинхрит, Флегон, Хермес, Патробас, Хермас и нашите пријатели што се со нив.\n<sup>15</sup>Поздравете ги Филолог и Јулија, Нереј и неговата сестра, Олимп и сите верни што се со нив.\n<sup>16</sup>Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж. Примете поздрави од сите Христови цркви.\n37 Завршни упатства.\n<sup>17</sup>Ве предупредувам драги мои, да се пазите од оние што предизвикуваат поделби и поставуваат препреки на вашиот пат, што е спротивно на учењето што го примивте. Избегнувајте ги!\n<sup>18</sup>Таквите луѓе не му служат на Христос, нашиот Господ, туку им служат само на сопствените интереси. Преку лицемерни говори и ласкање тие ги измамуваат простодушните.\n<sup>19</sup>Многу ми е мило што сите веќе слушнале колку сме Му вие послушни на Бог. Би сакал да бидете мудри во однос на она што е добро и да си немате работа со ништо што е зло.\n<sup>20</sup>Бог, Оној што ни дава мир брзо ќе го згази сатаната под вашите стапала. Нашиот Господ Исус нека ви биде благонаклонет.\n<sup>21</sup>Ве поздравува мојот соработник Тимотеј. Ве поздравуваат моите роднини Луциј, Јасон и Сосипатер.\n<sup>22</sup>И јас Тертиј, оној што го испишувам ова писмо, ве поздравувам во Господ.\n<sup>23</sup>Ве поздравува Гај, кој ни е домаќин и мене и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и нашиот пријател Квартус.\n<sup>24</sup>\n38 Завршна молитва.\n<sup>25</sup>Молете Му се на Бог! Тој може да ве направи силни преку Радосната вест што ви ја пренесувам. Таа зборува за Исус Христос. Со векови ова беше тајна,\n<sup>26</sup>но сега стана нешто што сите можат да го слушнат. Вечниот Бог им заповеда на Неговите пророци да пишуваат за Радосната вест, па сите народи да се покорат и да поверуваат.\n<sup>27</sup>На единствениот Бог, на Оној што е мудар, преку Исус Христос, слава нека Му е во вечни времиња. Амин.", "subject": ["Библија (вики-превод)", "Христијанство", "Нов Завет (вики-превод)", "Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE_%D0%BE%D0%B4_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB_%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B8%D0%BC_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 9126, "cyrillic": 1.0}
{"id": "8666", "title": "Устав на Социјалистичка Република Македонија (1963)", "text": "(Втор Устав на Македонија, прв како социјалистичка Република во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, вон сила, со важност од 12 април 1963 година до 25 февруари 1974 година, со назив Устав на Социјалистичка Република Македонија)\n1 Устав на Социјалистичка Република Македонија\n1.1 Преамбула\nТргнувајќи од историскиот факт дека македонскиот народ предводен од работничката класа на чело со Комунистичката партија, со својата борба здружен со другите југословенски народи во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуцијаго урнаа класичниот поредок што се темелеше на експлоатација, политичко угнетување и националната нерамноправност за да изгради општество во кое човечкиот труд и човекот ќе бидат ослободени од искористување и самоволие,создаде сопствена држава, Народна Република Македонија, во која ги оствари историските стремежи на македонскиот народ за национална слобода и државна самостојност, на народностите - националните малцинства за рамноправност и на работните луѓе за социјална слобода и на основа на правото на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, доброволно се соедини со другите народи на Југославија во социјалистичка фереративна заедница на слободни и рамноправни народи и народности, свесен дека само во неа може да се обезбеди услови за секој слободен и сестран национален, материјален, политички и културен развиток;имајќи предвид дека натамошното продлабочување и постојано јакнење на нераскинливото братство и единство на југословенските народи и на нивните слободни и рамноправни односи се основа на меѓусебното почитување и заемното гарантирање на националната индивидуалност и слобода, што на народот на Македонија му обезбедува сестран размав на неговите творечки сили, како во негов сопствен интерес така и во зеднички интерес на здружените југословенски народи и дека работниот народ на Македонија со сопствената творечка дејност и со заеднички напори на работните луѓе на Југославија остварил и остварува постојан напредок во сите области на општествениот живот, јакнејќи ја материјалната основа и изградувајќи ги и проширувајќи ги социјалистичките односи меѓу луѓето;изразувајќи ги суверените права на народот на Македонија и неговите стремежи да се зацврстат придобивките на Социјалистичката револуција и постигнатите резултати во социјалистичката преобразба на земјата, да се обезбеди натамошен непречен развиток на социјалистичките демократски односи меѓу луѓето како и други услови за нивната благосостојба и слобода;поради тоа што со развитокот на материјалната основа во земјата и на социјалистичките општествени односи се создадени општествени и политички измени што го прераснуваат постојниот Устав, а во согласност со начелата на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија,\nНародното собрание на Народна Република Македонија\nдонесува\nУСТАВНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n1.2 УВОДЕН ДЕЛ: Основни начела\n1.2.1 I\nОпштественото и политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија се темели на начелата на единствениот социјалистички општествен и политички систем на Југославија, утврден во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и се заснова на односите меѓу луѓето како слободни и рамноправни производители и творци, чиј труд служи исклучиво за задоволување на нивните лични и заеднички потреби.Во согласност со тоа, неприкосновена основа на положбата и улогата на човекот сочинуваат:- општествена сопственост на средствата за производство, која го исклучува враќањето на каков било систем на експлоатација на човек од страна на човек и која, укинувајќи ја отуѓеноста на човекот од средствата за производство и другите услови на трудот, обезбедува услови за самоуправување на работните луѓе во производството и распределбата на производот на трудот, како и за општествено насочување на стопанскиот развиток;- ослободувањето го трудот, како надминување на историски условните општествено-економски нееднаквости и на зависноста на луѓето во трудот, кое се обезбедува со укинувањето на наемните односи, со самоуправувањето на работните луѓе, со сестраниот развиток на производните сили, со смалувањето на општествено потребното работно време, со развивањето на науката, културата и техниката и со постојаното проширување на образованието;- правото на човекот, како поединец и член на работната заедница, да ги ужива плодовите на својот труд и на материјалниот напредок на општествената заедница според начелото &bdquo;Секој според способностите - секому според неговиот труд&ldquo; со обврска да го обезбедува развитокот на материјалната основа на сопствениот и општествениот труд и да придонесува за задоволувањето на другите општествени потреби;- самоуправувањето на работните луѓе во работната организација; слободното здружување на работните луѓе, работните и другите организации и општествено-политичките заедници заради задоволување на заедничките потреби и интереси; самоуправувањето во општината и другите општествено-политички заедници заради што понепосредно учество на граѓаните во насочувањето на општествениот развиток, во вршењето на власта и во одлучувањето за другите општествени работи;- демократските политички односи што му овозможуваат на човекот да ги остварува своите интереси, правото на самоуправување и другите права и заемни односи, да ја развива својата личност со непосредна активност во општествениот живот, а особено во органите на самоуправувањето, во општествено политичките организации и здруженијата, што сам ги создава и преку кои влијае на развивањето на општествената свест и на проширувањето условите за својата активност и за остварувањето на своите интереси и права;- еднаквоста на правата, должностите и одговорноста на луѓето, во согласност со единствената уставност и законитост;- солидарноста и соработката на работните луѓе и работните организации, нивната заинтересираност и слободна иницијатива во развивањето на производството и другите општествени и лични дејности во корист на човекот и неговата општествена заедница;- економската и социјалната сигурност на човекот.Општественото и политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија произлегува од ваквата положба на човекот и му служи нему и на неговата улога во општеството.Секој облик на управување со производството и со другите општествени дејности и секој облик на распределба кој - во вид на бирократско самоволие и привилегии засновани врз монополитичка положба, или во вид на приватно-сопственичка себичност и партикуларизам - ги изопачува општествените односи засновани на ваквата положба на човекот, им е спротивен на поединечните и општите интереси на човекот и на општественото и политичкото уредување утврдено во овој Устав.\n1.2.2 II\nСредствата за производство во општествена сопственост, како заедничка неотуѓива основа на општествениот труд, служат за задоволување на личните и заедничките потреби и интереси на работните луѓе и за развитокот на материјалната основа на општествената заедница и социјалистичките општествени односи. Со средствата за произвотство во општествена сопственост непосредно управуваат работните луѓе што работат со тие средства, во сопствен интерес и во интерес на општествената заедница, одговорни едни на други и на општествената заедница.Тргнувајќи од тоа дека никој нема право на сопственост на општествените средства за производство, никој - ниту општествено-политичка заедница, ниту работна организација, ниту одделен работен човек - не може по никаков правносопственички основ да го присвојува производот на општествениот труд, ниту да управува и располага со општествените средства за произвотство и труд, ниту самоволно да ги определува условите за распределба.Трудот на човекот е единствена основа за присвојување на производот на општествениот труд и основа на управувањето со општествените средства.Општествениот производ служи за обновување и проширување на материјалната основа на општествениот труд, како и за непосредно задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе согласно на начелото за распределба според трудот.Делот на општествениот производ наменет за обновување и проширување на материјалната основа на општествениот труд е заедничка основа на општествената репродукција, која на основа на самоуправувањето ја остваруваат работните луѓе во работните организации, во меѓусебната соработка на тие организации и во општествено-политичките заедници.Со единствениот систем на распределба се обезбедува работните организации да ги користат средствата за репродукција сразмерно на својот удел во нивното создавање и во зависност од своите можности најефикасно да ги користат во рамките на општествената поделба на трудот утврдена со општествените планови.Заради остварување на поединечните и заедничките интереси на работните луѓе и самоуправувањето, поттикнување на нивната иницијатива, создавање на што поповолни услови за развитокот на производните сили, изедначување на условите за работа, остварување на распределбата според трудот и развитокот на социјалистичките односи, општествената заедница со планирањето го насочува и усогласува развитокот на стопанството и материјалната основа на другите општествени дејности. Планирањето го вршат работните луѓе во работните организации како носители на производството и општествениот труд и општествено-политичките заедници во вршењето на своите општествено-економски функции.Со општествениот план на Македонија се усогласуваат основните односи во производството и распределбата. Во рамките на тие односи и на единствениот стопански систем работните луѓе во работните организации и во општествено-политичките заедници самостојно планираат и ја развиваат материјалната основа на својата дејност.Заради изедначување на материјалните услови на општествениот живот и работата на работните луѓе, заради што послкладен развиток на стопанството како целина, Социјалистичка Република Македонија му посветува посебно внимание на побрзиот развиток на производните сили во стопански недоволно развиените краишта и за таа цел обезбедува потребни средства и презема други мерки.Општествената сопственост на средствата за производство е основа на личната сопственост стекната со сопствен труд, која служи за задоволување на личните потреби и интереси на човекот.Заради развивање на социјалистички односи во земјоделството и унапредување на земјоделското производство се обезбедуваат услови за развивање на производството на основа на општествените средства и општествениот труд, како и за здружување на земјоделците и за нивна соработка со работните организации на начелото на доброволност.Уживајќи го со уставот утврденото право на сопственост на обработливо земјиште, земјоделците имаат право и обврска да го искористуваат тоа земјиште заради унапредувањето на земјоделското производство во сопствен интерес и во интерес на општествената заедница.\n1.2.3 III\nСите облици на управување, вклучувајќи ја и политичката власт, ги создаваат работничката класа и целиот работен нарад за себе заради организирање на општеството како слободна заедница на производителите, и тоа го обезбедуваат:- со остварување на општественото самоуправување како основа на општествено-политичкото уредување;- со одлучувањето на граѓаните за сите општествени работи непосредно или преку делегати што тие ги избираат во претставничките тела на општествено-политичките заедници и во другите органи на општественото самоуправување;- со воспоставувањето и развивањето на рамноправни и демократски односи меѓу граѓаните, со остварувањето на човечките и граѓанските слободи и права во согласност со јакнењето на солидарноста, со исполнувањето на општествените должности на граѓаните и со материјалниот и општествениот развиток на социјалистичката заедница;- со личната одговорност на сите носители на јавни функции а посебно носителите на функциите на власта, и со одговорноста на политичко-извршните и управните органи пред претставничкото тело на општествено-политичката заедница и јавноста;- со судската контрола на уставноста и законитоста; со општествениот надзор над работата на државните органи, органите на општественото самоуправување и организациите што вршат работи од јавен интерес;- со општествено-политичката активност на социјалистичките сили организирани во општествено-политички организации.Функциите на власта утврдени со уставот им се доверуваат на претставничките тела на општествено-политичките заедници како територијални органи на општественото самоуправување. Претставничките тела се конституирани и сменливи во општината избрани делегации на сите граѓани, а посебно на работните луѓе во работните заедници.Освен функциите на власта и општите работи на општественото самоуправување што ги вршат преку претставничките тела и одговорните пред нив органи, граѓаните одлучуваат за општествените работи во работните и другите самоуправни организации и преку облици на непосредно одлучување, а своите други заеднички интереси ги остваруваат и во општествено-политичките организации и здруженијата што сами ги основаат.Непосредно и преку своите општествено-политички организации и здруженија граѓаните се двигатели на општествените активности, вршат јавна контрола над работата на органите на власта и другите носители на јавни функции, создаваат норми за меѓусебни односи и им даваат поддршка на државните органи, органите на општественото самоуправување и организациите што вршат работи од јавен интерес.Заради остварување на самоуправувањето и другите права на граѓаните се обезбедува јавност во работата на државните органи, органите на општественото самоуправување, организациите и носителите на јавните функции и се создаваат услови граѓанинот да биде сестрано известен и оспособен за вршење на општествени работи.Со начелото на организирање на повторен избор и именување на определени функции се обезбедува сменливост на носителите на функциите на власта и на други определени јавни функции, заради што пошироко учество на граѓаните во вршењето на јавните функции и заради зацврстувањето и равивањето на демократските односи во општеството.\n1.2.4 IV\nВо социјалистичките општествени односи и во условите на општественото самоуправување работните луѓе доброволно се здружуваат во синдикати заради што понепосредна соработка во остварувањето и развивањето на социјалистичките општествени односи и општественото самоуправување, во усогласувањето на своите поединечни и заеднички интереси со општите интереси, во остварувањето на начелото на распределба според трудот и во оспособувањето на работниците за работа и управување, како и заради преземање на иницијативи и мерки за заштита на своите права и интереси и за подобрување на своите животни и работни услови, заради развивање на солидарноста, усогласување на мислења и меѓусебни односи и заради решавање на други прашања од заеднички интерес.Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, создаден во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција како доброволен декократски сојуз на граѓаните, е најширока опора на општествено-политичката активност и на општественото самоуправување на работниот народ.Во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, како дел на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија, граѓаните:- решаваат општествено-политички прашања од сите области на општествениот живот, ги усогласуваат мислењата и донесуваат политички заклучоци за решавање на тие прашања, за насочување на општествениот развиток и за јакнење на самоуправувањето, остварувањето на правата и интересите на човекот и граѓанинот и унапредувањето на социјалистичките и демократските односи;- изнесуваат свои мислења и оценки за работата на државните органи, органите на општественото самоуправување, организациите и носителите на јавни функции и вршат општествена контрола над нивната работа, особено во поглед на обезбедувањето на јавноста и одговорноста на нивната работа;- се борат за остварувањето и заштитата на сите облици на општествено-политичкиот живот што го поттикнуваат социјалистичкиот и демократскиот развиток; даваат политичка иницијатива во сите области на општествениот живот; обезбедуваат што попотполно остварување на своите изборни и други права;- создаваат услови за сестрано учество на младината и нејзините организации во општествениот и политичкиот живот;- се борат за хумани односи меѓу луѓето, за развивање на социјалистичката свест и на нормите за социјалистички начин на живеење, како и за отстранување на појавите што го ограничуваат развитокот на социјалистичките и демократските општествени односи или на друг начин им причинуваат штети.Сојузот на комунистите, двигател и организатор на Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција, со нужноста на историскиот развиток станал организирана раководна сила на работничката класа и на работниот народ во изградувањето на социјализмот и во остварувањето на солидарноста на работните луѓе и на братството и единството на народите.Сојузот на комунистите со својата насочувачка идејна и политичка работа во условите на социјалистичката демократија и општественото самоуправување, е основен двигател на политичката активност заради заштита и натамошниот развиток на придобивките на Социјалистичката револуција и социјалистичките општествени односи, а посебно заради јакнењето на социјалистичката општествена и демократска свест на луѓето.\n1.2.5 V\nОпштествено-политичките односи и облиците утврдени со овој устав се насочени кон проширувањето на условите за натамошниот развиток на социјалистичкото општество, за надминувањето на неговите спротивности, и за таков општествен напредок кој, на основа на сестраната развиеност на производните сили, високата производност на трудот, изобилието на производите и сестраниот развиток на човекот како слободна личност, ќе го овозможи развивањето на такви општествени односи во кои ќе се остварува начелото на комунизмот &bdquo;Секој според способностите - секому според потребите&ldquo;.За таа цел сите државни органи, органите на општественото самоуправување, организациите и граѓаните непосредно - се повикани со целокупната своја дејност:- да ја прошируваат и јакнат материјалната основа на општеството и животот на поединците со развивањето на производните сили, подигнувањето на производноста на трудот и постојаното унапредување на социјалистичките општествени односи;- да создаваат услови во кои ќе се надминуваат општествено-економските разлики помеѓу умствениот и физичкиот труд и во кои човечкиот труд ќе станува с&egrave; попотполно изразување на творештвото и на човечката личност;- да ги прошируваат и развиваат сите облици на општествено самоуправување и социјалистичкиот демократизам, особено во областите во кои преовладуваат функциите на политичка власт, да ја ограничуваат присилбата и создаваат услови за нејзиното отстранување и да изградуваат меѓу луѓето односи засновани на свеста за заеднички интереси и на слободна дејност на човекот;- да придонесуваат за остварувањето на човечките слободи и права, за хуманизирањето на општествената средина и човечката личност, за јакнењето на солидарноста и чивечноста меѓу луѓето и за почитувањето на човечкото достоинство;- да развиваат сестрана соработка и зближување со сите народи, во согласност со прогресивните тежненија на човештвото кон создавање на слободна заедница на сите народи во светот.\n1.2.6 VI\nИзразувајќи ги основните начела на социјалистичкото општество и неговиот напредок, овој дел на Уставот е и основа за толкувањето на Уставот и законите, како и за дејствувањето на сите и секого.\n1.3 Глава I: Основни одредби\nСоцијалистичка Република Македонија е државна социјалистичка демократска заедница на народот на Македонија заснована на власта на работниот народ и самоуправувањето.Социјалистичка Република Македонија е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\nОпштествено-економското уредување и општествено-политичкиот систем утврдени во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се основа на општествено-економското и општествено-политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија.Во Социјалистичка Република Македонија се обезбедува остварувањето и заштитата на слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот предвидени во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.\nВо Социјалистичка Република Македонија работниот народ остварува општествено самоуправување, уредува општествени односи, го насочува развитокот на стопанството и на општествените служби, обезбедува остварување на правата на граѓаните, уставноста и законитоста и ги врши сите општествени работи од заеднички интерес за политичкиот, стопанскиот и културниот живот и општествениот развиток во Републиката, освен работите што со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се утврдени како права и должности на Федерацијата.\nТериторијата на Социјалистичка Република Македонија е составен дел од територијата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Границите на Социјалистичка Република Македонија можат да се менуваат само на основа на согласност со соодветната република и мислење на населението од соодветното подрачје.\nЗа граѓаните на Социјалистичка Република Македонија постои државјанство на Социјалистичка Република Македонија.Државјаните на другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија ги имаат во Социјалистичка Република Македонија истите права и должности како и нејзините државјани.\nСоцијалистичка Република Македонија соработува со другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија во работите од заеднички интерес и со нив развива меѓусебни односи.За остварување на определени цели од заеднички интерес Социјалистичка Република Македонија согласно со другите републики основа заеднички организации, презема заеднички акции и поттикнува размена на искуства и други облици на стопанска и друга соработка.\nОдлуките, исправите и другите акти издадени од државните органи и овластените организации од другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија имаат во Социјалистичка Република Македонија иста важност како и во републиката во која се издадени.\nГрбот на Социјалистичка Република Македонија претставува поле опкружено со житни класја, испреплетено со полодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви. Меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце.\nЗнамето на Социјалистичка Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилен петокрак облик. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.Кога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на ѕвездата се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето. Горниот крак на ѕвездата е управен спрема горната линија од должината на знамето а долните краци се управени спрема долната линија од должината на знамето. Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестинка од широчината на знамето.\nГлавен град на Социјалистичка Република Македонија е Скопје.\n1.4 Глава II: Општествено-економско уредување\n1.4.1 1. Општествено-економски односи\nОснова за општествено-економското уредување на Социјалистичка Република Македонија се слободниот здружен труд со средствата за производство во општествена сопственост и самоуправувањето на работните луѓе во производството и распределбата на општествениот производ во работната организација и во општествената заедница.\nЕдинствено трудот и резултатите на трудот ја определуваат материјалната и општествената положба на човекот.Никој не може непосредно или посредно да се здобива со материјални и други користи со експлоатација на туѓ труд.\nСредствата за производство и другите средства на општествениот труд, рудните и другите природни богатства се општествена сопственост.Располагањето со одделни средства за производство и со други предмети во општествена сопственост и другите права на тие средства и предмети се определуваат со закон според нивната природа и намена.\nПроизводот на општествениот труд остварен во работните организации, како основа на општествената репродукција и на задоволувањето на општествените потреби и на личните и заедничките потреби на работните луѓе, се распоредува во рамките на единствениот систем на распределба и на основа на единствени услови и мерила, со кои се обезбедува општествена репродукција, распределба според трудот и општествено самоуправување.Работната организација - откако ќе обезбеди средства со кои ја обновува вредноста на средствата употребени во работата и по издвојувањето на делот на остварената вредност на производот заради изедначување на условите на трудот и стекнување на доходот - го расподелува доходот на работната организација на дел што служи за проширување на материјалната основа на трудот и на дел за задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе.На работната организација ѝ се обезбедува за проширување на материјалната основа на нејзината работа дел од остварената вредност на производот сразмерно со нејзиниот удел во создавањето на средствата за општествена репродукција, а во нестопанските дејности согласно со задачите на работната организација и општествените потреби. За задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе на работната организација ѝ припаѓа делот од остварената вредност на производот сразмерно со производноста на трудот на работните луѓе и во зависност од деловниот успех на работната организација, а во нестопанските дејности - сразмерно со резултатите од работата во задоволувањето на општествените потреби.Средствата на работната организација наменети за обновување и проширување на материјалната основа на трудот, како заеднички средства на општествената репродукција, служат за проширување на материјалната основа на работната организација и на општествената заедница како целина. Работната организација располага со овие средства согласно единствените начела за користење на средствата на општествената репродукција утврдени со сојузен закон и со условите и мерилата определени со прописите со кои се обезбедува усогласувањето на стопанскиот развиток и остварувањето на другите односи предвидени со општествените планови.На работната организација ѝ се обезбедува за проширување на материјалната основа на нејзината работа, покрај средствата што ги создала со својата работа, под еднакви услови да користи и други општествени средства во согласност со единствените начела на кредитниот систем.\nНа секој работен човек во работната организација му припаѓа, согласно со начелото за распределба според трудот, личен доход според резултатите на неговиот труд и работата на работната единица и работната организација како целина.\nРаботните луѓе што со личен труд самостојно вршат културна, професионална или друга слична дејност имаат во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работните луѓе во работните организации.Работните луѓе што вршат вакви дејности можат да го здружуваат својот труд и да образуваат привремени или потрајни работни заедници, кои имаат во основа иста положба како и работните организации, и во кои работните луѓе имаат во основа исти права и должности како и работните луѓе во работните организации.Со закон се утврдуваат условите под кои овие работни луѓе и нивните заедници ги остваруваат своите права и ги исполнуваат обврските, како и условите под кои тие во вршењето на својата дејност можат да користат општествени средства и да управуваат со нив.\nГраѓаните можат со личен труд, во границите и под условите определени со закон, да вржат земјоделска, занаетчиска и друга услужна или слична дејност заради стекнување на доход.Со закон се определуваат границите и условите под кои граѓаните можат да имаат право на сопственост на средствата на трудот и на деловни простории за вршење на земјоделска, занаетчиска и друга услужна или слична дејност со личен труд.Забрането е запослувањето на туѓа работна сила заради стекнување на доход.Во областа на земјоделското производство, занаетчиството и другите услужни или слични дејности што ги вршат граѓаните со свои средства на трудот, може да се дозволи, во границите и под условите определени со закон, употреба на дополнителен труд на други лица.\nЗемјата е добро од општ интерес.Секое земјиште мора да се искористува согласно со предвидените со закон општи услови кои обезбедуваат рационално искористување на земјиштето и други општи интереси.Шумите и шумското земјиште уживаат посебна заштита определена со закон.Начинот на искористувањето на водите за стопански и други цели се уредува со закон.\nОпштествената заедница обезбедува материјални и други услови за основање и развиток на земјоделски работни организации на основа на општествената сопственост на земјата и општествениот труд, како и за соработка на земјоделците со здружените и другите работни организации.На земјоделците им се гарантира право на сопственост на обработливо земјоделско земјиште во најголема површина од десет хектари на домаќинство.Со закон се определува во кои граници и под кои услови земјоделците можат да имаат право на споственост на друго земјиште, како и во кои граници и под кои услови другите граѓани можат да имаат право на сопственост на земјоделско и друго земјиште.Правото на сопственост на шумите и шумското земјиште се уредува со закон.\nНа граѓаните им се гарантира право на сопственост на предмети што служат за лична потрошувачка, употрба или за задоволување на нивните културни и други лични потреби.Граѓаните можат, во границите определени со сојузен закон, да имаат право на сопственост на станбени згради и станови за задоволување на личните и семејните потреби, како и за вршење на дејности со личен труд во согласност со правата на граѓаните гарантирани со уставот и условите определени со закон.\nСо закон се определуваат условите под кои општествено-политичките организации и здруженијата на граѓаните можат да имаат право на сопственост на недвижностите и другите предмети што служат за остварување на заедничките интереси на нивните членови и на задачите на организацијата, како и условите под кои тие можат да располагаат со општествени средства што служат за истата цел.\nНедвижностите на кои граѓаните и правните лица имаат право на сопственост можат, со правичен надоместок, да се експроприраат или тоа право може да се ограничи ако тоа го изискува општиот интерес утврден на основа на сојузен закон.Правото на сопственост на предмети од посебно културно значење може на основа на закон да се ограничи ако тоа го изискува општиот интерес.\nЗаради обезбедување на услови за што поповолен стопански и општествен развиток, заради изедначување на општите услови за работа и стекнување на доход, заради утврдување на општи мерила за распределба на општествениот производ, заради остварување на начелото на распределба според трудот и развитокот на социјалистичките општествени односи, општините и Социјалистичка Република Македонија, во рамките на своите права и должности, преземаат мерки за остварување на единствениот стопански систем, го планираат развитокот на стопанството и на материјалната основа на другите дејности и за таа цел донесуваат општествени планови.Заради остварување на односите утврдени со општествените планови, општините и Социјалистичка Република Македонија донесуваат прописи и други општи акти, образуваат општествени фондови и општествени резерви и преземаат економски и други мерки.\nСредствата на општествената репродукција создадени на територијата на општествено-политичките заедници, како заеднички средства на општествената репродукција, се користат во тие заедници сразмерно на уделот на работните луѓе во нивното создавање. Овие средства се користат во согласност со единствените начела за користење на средствата на општествената репродукција и со условите и мерилата определени со прописи со кои се обезбедува усогласувањето на стопанскиот развиток и остварувањето на другите односи предвидени со општествените планови.За развитокот на материјалната основа на општествено-политичките заедници служат и други општествени средства во согласност со единствените начела на кредитниот систем.На општествено-политичките заедници им припаѓаат од личните доходи, како и од другите извори утврдени со сојузен закон, во согласност со начелото за распределба според трудот, средства за задоволување на општествените потреби на нивната територија, и тие самостојно ги утврдуваат тие средства и располагаат со нив.На стопански недоволно развиените краишта општествената заедница им обезбедува материјални и други услови за нивен побрз стопански развиток и за создавање на материјална основа на општествените дејности.\nГрадовите, индустриските населби, селата и другите населени места, како и подрачјата со посебна намена, се изградуваат и уредуваат на основа на урбанистички и регионални просторни планови, кои мораат да бидат во согласност со стопанскиот и општествениот развиток.Со закон се пропишуваат општи услови за донесување на урбанистичките и регионалните просторни планови.\n1.4.2 2. Просвета, наука и култура\nОпштествената заедница се грижи и го поттикнува развитокот на просветата, науката, културата и уметноста.\nВоспитувањето и образованието на граѓаните се остварува во единствениот систем на воспитување и образование што се утврдува со закон.Училиштата и другите установи за образование се должни на сите граѓани да им овозможуваат под еднакви услови утврдени со закон да се здобиваат со знаење и спрема.На припадниците на другите народи на Југославија што живеат во Социјалистичка Република Македонија им се гарантира, според условите утврдени со закон, право на настава и културна дејност на нивниот јазик.\nОсновното школување во траење од осум години е задолжително и се финансира од општествени средства. Со закон може да се предвиди задолжително школување и во подолго траење.Општествената заедница обезбедува материјални и други услови за основањето и работата на училиштата и другите установи за образование на граѓаните и за унапредување на нивната дејност.Работните и другите организации со свои средства ја помагаат работата на установите за образование и им осигуруваат средства за работа на установите што ги основале.\nСо цел да се развива научната мисла и научната творечка дејност, општествената заедница обезбедува услови за унапредување на науката и научно-испитувачката работа.Општествено-политичките заедници, работните и другите организации основаат и ја помагаат работата на научно-испитувачките установи и обезбедуваат материјални и други услови за научното творештво и за примената на научните достигнувања.Научните работници се должни, според условите определени со закон, да ги објавуваат резултатите на своите научни испитувања и да го овозможуваат нивното користење и примена.\nОпштествената заедница обезбедува услови за развитокот и унапредувањето на уметничките и другите културни дејности, како и за задоволувањето на уметничките и другите културни потреби на граѓаните.\nНаучното и уметничкито творештво е слободно.Творците на научни и уметнички дела, како и на научните откритија и технички пронајдоци имаат морални и материјални права на своите творби.\nСпомениците на културата и природните реткости, објектите од историско значење и другите вредности на националната историја и култура се под посебна заштита на општествената заедница и можат да се користат на начинот определен со закон.Правата и должностите на државните и другите органи, како и правата и обврските на сопствениците и корисниците на спомениците на културата, објектите од историско значење и другите вредности на националната историја и култура, како и на природните реткости што се наоѓаат под посебна заштита, се уредуваат со закон.\nЗаради што пошироко известување на јавноста општествената заедница создава услови за развитокот на соодветните дејности и го помага основањето на организациите што се занимаваат со објавување и ширење на информации.Печатот, радиото и телевизијата се должни вистинито и објективно да ја известуваат јавноста, како и да ги објавуваат мислењата и информациите на органите, организациите и граѓаните што се од интерес за известување на јавноста.Се гарантира правото на исправка на објавена информација со која се нанесува повреда на право или интерес на човекот или на организација.\n1.4.3 3. Здравствена и социјална заштита\nОпштествената заедница обезбедува услови за основање на здравствени установи, се грижи за здравствената заштита на граѓаните и ја организира и унапредува здравствената служба.Во организирањето на здравствената служба и осигурувањето на здравствената заштита учествуваат работните и другите организации, како и граѓаните.Работите од здравствената заштита непосредно ги вршат здравствени установи и здравствените работници како членови на работните заедници.Секоја здравствена установа и секој здравствен работник се должни да им укажуваат на граѓаните итна медицинска помош.\nОпштествената заедница, а особено општината и работната организација, создаваат услови за развитокот на физичката култура, како и за одмор и разонода на граѓаните и даваат поддршка на иницијативите на граѓаните и нивните здруженија во овие области.\nОпштествената заедница се грижи за остварувањето на социјалната заштита на граѓаните, ја организира и унапредува социјалната служба и ја поттикнува и помага дејноста на организациите во оваа област.\nСемејството ужива заштита на општествената заедница.Општествената заедница им дава посебна заштита на мајката и детето.Општествената заедница особено се грижи за малолетниците за кои нивните родители не се грижат и за други лица што не се во можност да се грижат сами за себе и за заштита на своите права и интереси.\nОпштествената заедница создава услови за оспособување на инвалидите на трудот и на другите граѓани што не се наполно способни за работа.На граѓаните што се неспособни за работа а немаат средства за издржување, општествената заедница им обезбедува помош.\nРаботниците задолжително се осигуруваат на основа на начелото на заемност и солидарност во рамките на единствениот систем на социјалното осигурување утврден со сојузен закон.На основа на задолжителното социјално осигурување им се обезбедува на работниците здравствена заштита и други права за случај на болест, намалување или губиток на работна способност, и за старост.Здравствена заштита и права за случај на смрт на осигуреникот, како и други права на основа на социјалното осигурување, под условите определени со закон, им се обезбедуваат и на членовите на семејството на работникот.Со закон се воведува и за другите граѓани осигурување заради обезбедување здравствена заштита и други права на основа на социјалното осигурување.Со службата на социјално осигурување управуваат осигурениците непосредно и преку органи што сами ги избираат и отповикуваат.\nОпштествената заедница се грижи за одржувањето на станбените згради и за станбената изградба.Станбената изградба и одржувањето на станбените згради се врши од средства на граѓаните и од општествени средства.\n1.4.4 4. Работни организации\nРаботна организација можат да основаат, согласно со закон, општествено-политичките заедници, работните и другите организации и граѓаните.Работна организација се основа како претпријатие или друга стопанска организација за дејности во областа на стопанството, или како установа или друга организација за дејности во областа на воспитувањето и образованието, науката, културата, заштитата на здравјето, социјалната заштита или другите општествени служби.Работните организации, без оглед кој ги основал, имаат иста положба.На основа на закон можат да се пропишуваат општи услови за вршење на определени дејности на работните организации од посебен општествен интерес.Со закон можат да се пропишуваат услови за соединување на работните организации, како и за осамостојување или издвојување на нивни одделни делови.\nРаботната организација е самостојна и самоуправна организација.Работната организација има својство на правно лице и е носител на определени права во поглед на средствата во општествена сопственост со кои управува. На работната организација тие права не можат да ѝ се одземат ниту можат да се ограничат, освен ако тоа го изискува општ интерес утврден со сојузен закон и во постапка пропишана со тој закон, и со соодветен надоместок.Работната организација е должна да ја запази несмалена вредноста на општествените средства со кои управува.Работната организација одговара за своите обврски со општествените средства со кои управува.\nЗаради организирање и поттикнување на општествениот труд и соработката на работните луѓе што работат со свои средства на трудот во областа на земјоделството и во другите области на стопанството, заради поврзување на тие дејности со општественото стопанство и проширување на социјалистичките општествени односи во тие области, се основаат задруги како работни организации.Членувањето во задругите е доброволно.Со закон и со статутот на задругата или на друга работна организација може да се предвиди работните луѓе што работат со свои средства на трудот и трајно стопански соработуваат со работната организација да учествуваат во управувањето со работната организација во работите во кои соработуваат.Со закон може да се препише обврска за здружување на земјоделците што работат со свои средства на трудот или нивна соработка со определена работна организација, заради изведување на мелиорациони работи, подобро искористување на мелиорирарното земјиште, искористувањето на водите и одбрана од водите, заштита на земјиштето од ерозија и уредување на пороите, или кога тоа го изискува посебен општествен интерес во областа на одгледувањето и искористувањето на шумите или на унапредувањето на земјоделското производство на определени земјишта.\nСтопанска организација може, под услови и во постапка предвидени со сојузен закон, да биде укината ако не е во можност да ги обновува средствата за производство и другите средства на трудот со кои управува или да исполнува други обврски определени со закон.Стопанска организација може, под услови и постапка предвидени со сојузен закон, да биде привремено ставена под присилна управа ако со своето делување тешко ги оштетила општествените интереси.Установа може, под услови и во постапка предвидени со закон, да биде укината ако не ги исполнува повеќе условите определени со закон или ако нема услови за вршење на нејзината дејност.\nЗа остварување на рационална поделба на трудот и делувањето во прашањата од заеднички интерес, работните организации можат да се здружуваат во деловни здруженија.Работните организации можат да се здружуваат и заради унапредување на производството или другите свои дејности, заради меѓусебна соработка и разгледување и решавање на други прашања од заеднички интерес.Управувањето со здруженијата на работните организации се заснова на начелата на самоуправувањето на работните луѓе во здружените работни организации.Работните организации можат да ги соединуваат своите средства заради унапредување и развивање на својата дејност и да склучуваат други спогодби за заедничка дејност и делување.\nЗабрането е здружување или соединување на работни организации и секоја друга дејност на организација и државен орган што е насочена кон спречување или ограничување на слободната размена на производите и услугите заради стекнување на материјални и други предимства што не се засноваат на нивниот труд или со кои се нарушуваат социјалистичките економски односи или се создаваат други нерамноправни односи во делувањето или се нанесува штета на општите интереси утврдени со сојузен закон.\n1.5 Глава III: Општествено-политичко уредување\nРаботниот народ е единствен носител на власта и на управувањето со општествените работи.Граѓаните остваруваат самоуправување непосредно на собирите на избирачите, преку референдум или други облици на непосредно одлучување во работната организација, општината и другите општествено-политички заедници и преку свои делегати што ги избираат во органите на управување на работните и другите самоуправни организации и во претставничките тела на општествено-политичките заедници.Противуставен е секој акт со кој се повредува правото на самоуправување.\n1.5.1 1. Самоуправување во општествено-политичките заедници\nОпштествено-политички заедници се општините, околиите и Социјалистичка Република Македонија.Општествено-политичките заедници се правни лица.\nСамоуправувањето на граѓаните во општината е политичка основа на општествено-политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија.Во општината се создаваат и остваруваат облици на општествено самоуправување од кои произлегуваат органите што вршат функција на власт.Единството на општествено-политичкото уредување се обезбедува со остварувањето на правата и должностите на сите општествено-политички заедници и со нивните меѓусебни односи утврдени со устав и закон.\nФункциите на власта и на управувањето со општествените работи ги вршат претставничките тела, како општи органи на општественото самоуправување на општествено-политичките заедници, и органите што ним им се одговорни.Судската функција ја вршат судовите како самостојни органи на општествената заедница.Заштитата на уставноста му се доверува на Уставниот суд на Македонија.\nПретставнички тела на општините, околиите и Републиката се собранија што ги сочинуваат делегати на граѓаните и на работните луѓе во работните заедници.Во општините, околиите и Републиката се образуваат политичко-извршни органи и органи на управата на собранијата.\nЧленовите на општинските собранија ги избираат непосредно граѓаните и работните луѓе во работните организации, а членовите на околиските собранија и на Собранието на Социјалистичка Република Македонија се избираат според начелото на делегација на општината како основна заедница на граѓаните и работните луѓе.Непосредните избори за членови на претставничките тела на општествено-политичките заедници се вршат врз основа на општо и еднакво избирачко право.\nЧлен на собрание можат избирачите односно собранието што го избрало да го отповикаат.Изборот и отповикувањето на членовите на сите претставнички тела се врши со тајно гласање.Изборот и отповикувањето на членовите на претставничките тела се уредува со закон.\nЧленовите на собранијата се избираат за време од четири години.Секои две години се избира половината од членовите на секој собор на собранието.\nНикој не може двапати едноподруго да биде член на ист собор на исто собрание.Никој не може едновремено да биде член на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на Сојузната скупштина, ниту член на два собора на исто собрание. Член на Собранието на Социјалистичка Република Македонија делегиран во Соборот на народите на Сојузната скупштина го задржува мандатот и на републички пратеник.Член на Републичкиот собор што бил делегиран во Соборот на народите може да биде избран за пратеник на Републичкиот собор и за наредниот период од четири години, но во овој период не може да биде делегиран во Соборот на народите.Член на општинско собрание што бил делегиран во околиско собрание може да биде избран за член на општинско собрание и за наредниот период од четири години, но во овој период не може да биде делегиран во околиско собрание.\nСо овој Устав и со закон се определува кои носители на јавни овластувања подлежат на повторен избор односно именување по истек на определено време.\nСобранијата, нивните политичко-извршни органи и органите на управата ги вршат работите од својата надлежност на основа и во рамките на уставот и законите.Секој државен орган, организација или поединец што има јавни овластувања, ги врши своите функции само во границите на овластувањата опредлени со уставот и законите.Државните органи имаат спрема работните и другите самоуправни организации само права утврдени на основа на уставот.\nМеѓусебните односи на органите на општествено-политичките заедници се засноваат на правата и должностите утврдени на основа на уставот.Органите на управата соработуваат со другите органи на управата и работните и другите организации по прашања од заеднички интерес, обезбедуваат заемно известување во работата, и со својата работа овозможуваат ефикасно остварување на правата и интересите на граѓаните и организациите.Со закон можат, во согласност со правата и должностите на Републиката, да се утврдуваат права и должности на републичките органи на управата спрема околиските и општинските органи на управата во поглед на надзорот над извршувањето на прописите на сојузните и републичките органи.\nНикој не може да врши јавни овластувања ако тие, согласно со уставот, не му се доверени од граѓаните или од органите што тие ги избираат.Секој носител на јавна или друга општествена функција е лично одговерен за нејзиното вршење.Со закон се утврдуваат видовите и условите на одговорност на сите носители на јавни и други општествени функции.Носител на јавна функција има право да поднесе оставка и да ја образложи.\nРаботата на државните органи, органите на општественото самоуправување и организациите што вршат работи од јавен интерес е јавна и тие се должни да ја известуваат јавноста за својата работа.Начинот на обезбедувањето на јавноста се определува со закон и статут. Со закон се определува кои податоци мораат да се чуваат како тајна или не можат да се објавуваат.Заради обезбедување на јавноста и општествената одговорност во работата на државните органи, органите на општественото самоуправување, организациите што вршат работи од јавен интерес и на општествено-политичките заедници, претстставничкото тело во вршењето на општествениот надзор претресува општи прашања во врска со располагањето со општествените средства и со распределбата на доходот, како и со начинот на извршувањето на правата и должностите на тие органи и организации.Претставничките тела вршат општествен надзор во соработка со органите на самоуправувањето и влијаат на развивањето одговорноста и социјалистичките норми во самоуправувањето, делувањето и располагањето со општествените средства.Со општествениот надзор не може да се ограничуваат со устав и закон утврдени права на органите, организациите и граѓаните ниту да се нанесува повреда на нивните права и на закон засновани интереси.\nРаботата на сите државни органи, на органите на општественото самоуправување и на организациите што вршат работи од јавен интерес се врши на македонски јазик.Незнаењето на македонскиот јазик не може да биде пречка за одбраната и за остварувањето на правата и определените интереси на граѓаните и организациите.На секого му е гарантирано правото во постапката пред судот или другите државни органи и организации што во вршењето на јавните овластувања решаваат за права и обврски на граѓаните, да го употребува својот јазик и во таа постапка да се запознава со фактите на својот јазик.\n1.5.2 2. Самоуправувањето во работните организации\nСамоуправувањето во работната организација особено опфаќа право и должност на работните луѓе:1) да управуваат со работната организација непосредно или преку органи на управување што сами ги избираат;2) да го организираат производството или другата дејност, да се грижат за развитокот на работната организација и да ги утврдуваат плановите и програмите за работа и развиток;3) да одлучуваат за размената на производите и услугите и за другите прашања од делувањето на работната организација;4) да одлучуваат за употребата на општествените средства и за располагањето со нив и да ги користат економски целисходно заради постигање на најголем ефект за работната организација и за општествената заедница;5) да го распоредуваат доходот на работната организација и да го обезбедуваат развитокот на материјалната основа на својот труд; да го распределуваат доходот на работните луѓе; да ги исполнуваат обврските на работната организација спрема општествената заедница;6) да одлучуваат за стапувањето на работните луѓе во работна организација; за престанокот на нивната работа и за другите меѓусебни работни односи; да го определуваат работното време во работната организација согласно со општите услови за работа; да уредуваат други прашања од заеднички интерес; да обезбедуваат внатрешна контрола и јавност на работата;7) да ги уредуваат и унапредуваат условите за својата работа, да организираат заштита во работата и одмор, да обезбедуваат услови за своето образование и за подигање на личниот и општествениот стандард;8) да одлучуваат за одделувањето на дел од работната организација во одделна организација и за соединувањето и здружувањето на работната организација со други работни организации.Во управувањето со работната организација во работите од посебен општествен интерес можат да учествуваат и заинтересираните граѓани и претставници на заинтересираните организации и на општествената заедница.Заради обезбедување на единствена општествено-економска положба на работните луѓе, со закон и статут се утврдуваат правата на самоуправување на работните луѓе што работат во државните органи, општествено-политичките организации или здруженијата во согласност со природата на дејностите на тие органи и организации.Работните луѓе го остваруваат самоуправувањето во единствениот општествено-економски систем во сосгласност со уставот, законите и статутот и се одговорни за својата работа.\nРаботните луѓе што работат во работна организација воспоставуваат, како членови на работната заедница меѓусебни работни односи и се рамноправни во самоуправувањето.Организацијата на работата и управувањето во работната организација треба да овозможат работните луѓе на секој степен и во сите делови од работниот процес, што претставуваат целина, што понепосредно да одлучуваат за прашањата на трудот, уредувањето на меѓусебните односи, распределбата на доходот и другите прашања на својата економска положба, обезбедувајќи истовремено најпогодни услови за работа и делување на работната организација како целина.Со закон и со статутот на работната организација се определува во кои случаи во работната организација се одлучува со референдум.\nОстварувајќи во работната организација самоуправување, работните луѓе, во согласност со уставот, законот и статутот им доверуваат определени функции на управување на органите на работната организација: работничкиот совет, управниот одбор и директорот, односно на други соодветни органи на управување.Со закон и со статутот можат да се образуваат и одделни надзорни, стручни и други органи на управување на работната организација.Во работна организација што врши дејност или работи од посебен општествен интерес заинтересираните граѓани и претставниците на заеинтересираните организации и на општествената заедница учествуваат, во согласност со законот, во управувањето со определени работи како членови на органите на управување на работната организација или на друг начин определен со закон и статут.Во овие работни организации, за организацијата на работата и за распределбата на доходот одлучуваат само органите на управување што ги избираат членовите на работната заедница. Со закон можат да се определат општи услови и мерила за распределба на доходот и да се предвиди согласност на определени органи на управување на таа работна организација, на друга организација или на државен орган на одделни акти за распределба на доходот или акти на одлучување за работниот процес што се од посебен општествен интерес.\nРаботната организација донесува, во согласност со уставот и законот, статут и други општи акти со кои се уредуваат односите во работната организација.Со статутот се утврдува внатрешната организација, делокругот и одговорноста на органите на управувањето, положбата на работните единици и правата на работните луѓе во управувањето со тие единици, работните и другите внатрешни односи, начинот на делувањето, како и други прашања од значење за самоуправувањето во работната организација и за нејзиното делување. Со статутот може да се предвиди и определена деловна самостојност на одделни делови на работната организација.Статутот на работната организација, пред конечното усвојување, му се поднесува на разгледување на општинското собрание. Со закон може да се пропише статутот на определени работни организации да се поднесува на разгледување на собранието на друга општествено-политичка заедница.Со закон може да се утврди обврска за донесување на одделни општи акти на работната организација и постапка за донесување на статутот и другите општи акти и можат да се предвидат определени овластувања на надлежниот орган на општествено-политичката заедница во поглед на давањето потврда или согласност на статутот или другите општи акти во целина или на одделни нивни делови.\nРаботничкиот совет утврдува статут и други општи акти, утврдува планови и програми за работата и развитокот на работната организација и одлучува за други општи прашања.Членовите на работничкиот совет ги избираат работните луѓе непосредно.Работна заедница со помал број членови непосредно ги врши и функциите на работнички совет.Управниот одбор одлучува за делувањето на работната организација.Членовите на управниот одбор ги избира работничкиот совет или работната заедница, а со закон или статут може да се определи работната заедница со помал број членови непосредно да ги врши и функциите на управниот одбор.Членовите на работничкиот совет се избираат на две години, а членовите на управниот одбор на една година.Никој не може да биде избран двапати едноподруго за член на работнички совет, ниту повеќе од двапати едноподруго за член на управниот одбор.Секоја година се избира половината членови на работничкиот совет.\nОрганите на самоуправување на работната организација за својата работа одговараат пред работната заедница, како и пред општествената заедница.На начин и под услови определени со закон работната заедница може да ги отповикува членовите на органите на самоуправување на работната организација. Под исти услови општествено-политичките заедници, заинтересираните организации и граѓани можат да ги отповикуваат членовите на органите на самоуправување што тие ги избрале.\nДиректорот на работната организација раководи со делувањето на работната организација, ги извршува одлуките на работничкиот совет и на другите органи на управување и ја застапува организацијата. Директорот е самостоен во работата и лично е одговорен пред работната заедница и органите на управувањето на работната организација, а за законитоста во работата на работната организација и за исполнувањето на обврските определени со закон е одговорен и пред општествената заедница.Директорот на работната организација има право и должност да го запре извршувањето на незаконита одлука на работната заедница, на работничкиот совет или управниот одбор и е должен за запирањето веднаш да го извести општинското собрание.\nДиректорот на работната организација го именува на основа на јавен конкурс работничкиот совет по предлог од конкурсната комисија според условите и по постапка што се определуваат со закон. Конкурсната комисија е составена од определен со закон број на претставници на работната организација и на општината односно на друга општествено-политичка заедница.Со закон може да се определи и поинаков начин на именување на директорот на работна организација што врши дејност од посебен општествен интерес.Директорот на работната организација се именува за време определено со закон и може според истата постапка да биде повторно именуван.Со закон се определува под кои услови работничкиот совет односно друг надлежен орган може да го разреши директорот и пред истекот на времето за кое е именуван.\nЗаради остранување и рашавање на определени колективни спорови помеѓу работните луѓе на одделни делови на работната организација, и помеѓу работните луѓе во работната организација и органите на општествено-политичките заедници, на основа на закон се образуваат арбитражи.\nСо работите од заеднички интерес во областа на управувањето со станбените згради и во другите области на општествениот живот, граѓаните управуваат непосредно или преку органи што ги избираат сами и што им се одговорни за работата.\n1.5.3 3. Права на народностите - националните малцинства\nПрипадниците на народностите - националните малцинства што живеат во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни во с&egrave; и имаат исти права и должности како и Македонците.Општествено-политичките заедници се грижат припадниците на одделните народности - националните малцинства да бидат застапени во претставничките тела на општествено-политичките заедници, водејќи сметка за структурата на населението на нивното подрачје.\nНа секоја народност - национално малцинство ѝ се гарантира правото слободно да го употребува својот јазик, да ја изразува и развива својата култура и да основа установи и организации што ѝ ги обезбедуваат овие права.\nВо местата во кои живеат народности - национални малцинства образованието и воспитувањето на припадниците на народностите - националните малцинства се остварува во училишта односно одделенија и воспитни установи во кои наставата и воспитувањето се изведуваат на јазикот на соодветната народност - национално малцинство.Со закон се уредуваат условите за основањето, организацијата и работата на училиштата и одделенијата во кои наставата се изведува на јазиците на народностите - националните малцинства.\nВо општините односно околиите на чие подрачје живее поголем број припадници на одделни народности - национални малцинства, одлуките и другите поважни акти на општинските и околиските собранија се објавуваат и на јазикот на народноста - национално малцинство.Сите жители на национално мешаните подрачја во Социјалистичка Република Македонија имаат еднакво право да го употребуваат својот јазик во управната и судската постапка. Јавните натписи на овие подрачја се двојазични.Со статутот на општината односно околијата, во согласност со општите услови утврдени со закон, се определуваат поблиски услови и постапка што обезбедуваат остварување на правата на припадниците на народностите - националните малцинства.\n1.5.4 4. Народна одбрана\nНеотуѓиво право и должност на народот на Социјалистичка Република Македонија е да ја штити и брани независноста и територијалната целост на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Одбраната на земјата е право и должност на секој граѓанин, работна и друга организација, како и на општината, околијата и Социјалистичка Република Македонија.Општините, околиите и Социјалистичка Република Македонија, согласно со Уставот на Југославија и сојузен закон, се одговорни за организирањето на цивилната заштита, предвојничката обука и воопшто за подготвувањето и организирањето на одбраната на земјата.Социјалистичка Република Македонија е должна да го обезбедува остварувањето на правата и извршувањето на должностите и одговорноста на граѓаните и работните и другите организации во областа на народната одбрана определени со сојузен закон.\n1.6 Глава IV: ОПШТИНА\n1.6.1 1. Права и должности на општината\nОпштината е основна општествено-политичка заедница.Општината ги има особено следните права и должности:1) обезбедува материјални и други услови за работа на луѓето и за развитокот на производните сили; го поттикнува подигањето на производноста на трудот;2) го насочува и усогласува развитокот на стопанството и на општествените служби;3) ги утврдува и ги распределува средствата за потребите на општината;4) се грижи за остварување на начелото за распределба според трудот;5) ја утврдува кредитната политика во рамките на единствениот кредитен систем;6) создава услови за задоволување на потребите на граѓаните во областа на воспитувањето и образованието, културата, здравството, социјалната заштита, комуналните служби, снабдувањето и другите нивни заеднички потреби;7) ги усогласува поединечните и заедничките интереси на граѓаните и работните и другите самоуправни организации со општите интереси;8) определува општи услови за вршење на дејности на комунални и слични организации; непосредно во согласност со законот, ги врши функциите во поглед на уредувањето и користењето на земјиштето и имотот во општа употреба, како и поглед на изградувањето и користењето на станбените згради и уредувањето на станбено-комуналните односи;9) остварува што понепосредно општествено самоуправување;10) обезбедува услови за остварување на слободите и правата на граѓаните и уредува односи од непосреден интерес за граѓаните во општината;11) ја заштитува законитоста;12) го штити општествениот имот и имотот на граѓаните;13) ја заштитува сигурноста на луѓето и го обезбедува јавниот ред и мир;14) врши општествен надзор;15) образува органи на општината, комунални и други служби од интерес за граѓаните и се грижи за нивното функционирање;16) ги извршува законите и другите прописи, до колку нивното извршување не е ставено во надлежност на органите на другите општествено-политички заедници;17) остварува и други права и должности на општествената заедница, освен оние што со уставот се утврдени како права и должности на другите општествено-политички заедници.\nПравата и должностите на општината се утврдуваат со устав, закон и статутот на општината.Правата и должностите на општината ги вршат граѓаните на собирите на избирачите и преку други облици на непосредно одлучување, општинското собрание и неговите органи и месните заедници. Правата и должностите на општината овие органи ги остваруваат со учество и во соработка со другите органи на општественото самоуправување во општината.\nОпштините меѓусебно соработуваат, слободно ги здружуваат своите средства заради вршење на определени работи од својата надлежност или заради создавање на услови за задоволување потреби од заеднички интерес, основаат заеднички органи, организации и служби, преземаат заеднички акции и разменуваат искуства.\nСо општествениот план на општината, во согласност со општествените планови на пошироките општествено-политички заедници, особено се насочува и усогласува развитокот на производните сили и општествените служби; се утврдува политиката на запослување; се утврдуваат средствата на општината и се врши нивна основна распределба; се усогласува личната потрошувачка на граѓаните и заедничката потрошувачка со производството, доходот и продуктивноста на трудот; се определуваат и други мерки за развитокот на стопанството и општествените служби на подрачјето на општината.\nОпштината, во рамките на утврдените со закон извори и видови на приходи, самостојно ги утврдува своите приходи и располага со нив. Своите приходи општината ги распределува во буџетот и фондовите.На општините што со своите средства не можат да го финансираат извршувањето на своите задачи и работата на општествените служби, им се обезбедуваат од републичките приходи дополнителни средства за финансирање на општествените служби и другите служби на општината, согласно со условите утврдени со закон.\nСо буџетот на општината се утврдуваат и распоредуваат средства за работата на општинското собрание и неговите органи и служби, за финансирање на определени општествени служби како и за дотации на установите, организациите и здруженијата на граѓаните.Со буџетот на општината во прв ред се обезбедуваат средства неопходни за работата на органите на општината, на основните училишта и за остварување на основната здравствена заштита на граѓаните.\nЗа финансирање на развитокот и унапредувањето на стопанството и другите општествени дејности, општината може да образува фондови.Со закон може да се предвиди задолжително образување на одделни фондови на општината и да се утврдат извори на средства за тие фондови.Организацијата, начинот на управувањето и делувањето на фондовите на општината и намената на нивните средства се определуваат со статутот на општината односно одлуката за нивното образување.\nОпштината има статут.Со статутот на општината, во рамките на уставот и законите, се утврдуваат особено: правата и должностите на општината и начинот на нивното остварување; односите помеѓу граѓаните, работните и другите организации во решавањето на прашања од заеднички интерес; организацијата на комуналните и другите служби; начинот на обезбедувањето на јавноста во работата на органите и организациите во општината; постапката за донесување на прописите, општествениот план и буџетот на општината, како и на урбанистичкиот план; правата на граѓаните, работните и другите самоуправни организации во користењето на фондовите, општествените и другите служби, имотот во општа употреба и другите општествени средства со кои управува општината; организацијата на општинското собрание и другите општински органи и нивните права, должности и овластувања; подрачјата, организацијата и правата на месните заедници и други облици на самоуправување во населените места, како и подрачјата и начинот на работата на собирите на избирачите; облиците на соработка меѓу општествено-политичките организации и општинските органи во утврдувањето и спроведувањето на политиката на општината, како и други прашања во рамките на правата и должностите на општината.Статутот на општината го донесува општинското собрание самостојно со мнозинство од две третини на гласови од вкупниот број членови на секој собор.\nОпштина се образува за подрачје на едно или повеќе населени места кои се поврзани со заеднички интереси на граѓаните и во кое постојат услови за самостојно остварување на правата и должностите на општината, за нејзиниот материјален и општествен развиток, за развитокот на општественото самоуправување, како и за остварување на правата на граѓаните и вршење на нивните должности.На подрачјето на град Скопје можат да се образуваат повеќе општини.Општина се образува и нејзиното подрачје се утврдува со закон, по претходно мислење од граѓаните и соодветните општински и околиски собранија.\n1.6.2 2. Општинско собрание\nОпштинското собрание е највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на општината.Општинското собрание може заедно со претставниците на општествено-политичките организации и здруженијата, како општ собор, да претресува прашања од општ интерес за општината.\nОпштинското собрание го сочинуваат: општински собор и собор на работните заедници.Со закон може да се предвиди образување на повеќе собори што ги избираат работните луѓе во работните заедници за одделни области на трудот, како и да се утврди нивниот делокруг.Соборите на општинското собрание имаат еднаков број членови. Бројот на членовите на соборите се утврдува со статутот на општината во границите определени со закон.\nЧленовите на општинскиот собор ги избираат граѓаните непосредно, а членовите на соборот на работните заедници - работните луѓе што на подрачјето на општината работат во работните организации, државните органи, општествено-политичките организации и здруженијата, земјоделците - членови на задруга или друга работна организација, како и други граѓани што работат на подрачјето на општината, а за кои тоа е определено со закон.За член на општински собор може да биде избран секој граѓанин што има избирачко право, а за член на собор на работните заедници може да биде избран секој работен човек што има има право да избира членови на овој собор, како и член на орган на управување на работната организација односно на работна заедница, член на орган на управување на здружение на работни организации, како и функционер на синдикатите или на општествено-политичка организација во општината.\nОдборник на општинско собрание не може истовремено да биде именуван функционер или службеник на државен орган што му одговара на собранието, ниту судија на општински суд.\nПравата и должностите на одборниците на општинското собрание се утврдуваат со статутот на општината.Одборниците на општинското собрание се одговорни пред избирачите и пред општинското собрание за вршење на своите права и должности.Функцијата на одборник на општинското собрание е почесна и бесплатна.Со статутот на општината може да се може да се определи одборник што врши постојана функција во собранието да има право на постојана месечна награда.\nОдборник на општинското собрание во вршењето на својата должност ужива имунитет.Одборник на општинското собрание не може да биде лишен од слобода без одобрение на соборот во кој членува, освен ако е во прашање кривично дело за кое истражниот затвор е задолжителен или ако одборникот бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор или затвор подолга од една година.\nОпштинското собрание работите од својата надлежност ги врши на седници на собранието односно на соборите, извршните работи по правило преку своите совети, а управните работи преку своите органи на управата.\nОпштинското собрание исклучиво на своите седници: ја определува политиката и одлучва за основните прашања од значење за политичкиот, стопанскиот, културниот, здравствениот, социјалниот, комуналниот и другиот општествен живот и развиток на општината; го донесува и менува статутот на општината; донесува општествен план и програми за развитокот на општината, буџет на општината и завршна сметка за извршување на буџетот; основа работни и други самоуправни организации и фондови, донесува урбанистички и регионален просторен план; ја утврдува организацијата и овластувањата на органите на општината; одлучува за склучување на заеми; избира претседател на собранието, претседатели и определен број членови на советите, како и судии и судии поротници на општинскиот суд; избира членови на претставничките тела на пошироките општествено-политички заедници; именува секретар и раководни службеници во органите на управата на собранието; ја претресува состојбата и општите проблеми на правосудството; врши буџетска контрола, надзор над работата на советите и органите на управата; врши општествен надзор; врши и други работи определени со закон или статут на општината.Општинското собрание, во вршењето на работите од својата надлежност, донесува одлуки, наредби, упатства, решенија, заклучоци и насоки.Општинското собрание може да разгледува општи прашања од значење за развитокот на стопанството и другите области на општествениот живот и по тие прашања може да им дава препораки на месните заедници, работните и другите самоуправни организации.\nСоборите на општинското собрание работат и одлучуваат по правило на заедничка седница.Соборите на општинското собрание работат и одлучуваат на одделни седници во случаите предвидени со статутот на општината и кога тоа ќе го побара една четвртина од членовите на еден собор.Со статутот на општината се уредува постапката за отстранување на несогласностите помеѓу соборите. Оваа постапка може да се уредува и со закон.\nОпштинското собрание може за проучување на одделни прашања од својата надлежност, за претресување на предлози и вршење други работи да образува постијани и повремени комисии.Постојаните комисии на собранието се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на општината.\nВо општинското собрание се образува комисија за прашања на изборите и именувањата, која ги претресува прашањата во врска со изборот, именувањата и разрешувањата на членовите на телата на собранието и другите функционери и на собранието му поднесува предлози. Оваа комисија ги претресува и општите прашања на кадровската политика во рамките на правата и должностите на општината.Комисијата ја сочинуваат членови на собранието и претставници на општествено-политичките организации. Составот на комисијата поблиску се определува со статутот на општината.\nОпштинското собрание избира претседател на собранието од редот на членовите на собранието.Претседателот го претставува собранието и ги свикува неговите седници, се грижи за извршувањето на одлуките и другите прописи на собранието, ја усогласува работата на органите на собранието и врши други работи утврдени со статутот на општината.\nСоветите се политичко-извршни органи на општинското собрание и територијални органи на општественото самоуправување во областа за која се образувани.Советите, во рамките на својот делокруг, се грижат за остварување на политиката утврдена од собранието и за извршувањето на законите и другите прописи како и одлуките и другите прописи на општинското собрание, даваат предлози за утврдување на политиката на собранието и ги утврдуваат предлозите на одлуките и другите прописи што ги донесува собранието, вршат надзор и им даваат општи насоки за работа на органите на управата, како и претресуваат прашања од заеднички интерес за работните и другите самоуправни организации во областа за која се образувани и им даваат препораки.Советите вршат управни работи само кога тоа е изречно предвидено со закон или со одлука на општинското собрание.Советите донесуваат наредби, упатства, решенија, заклучоци и насоки.Советите за својата работа одговараат пред општинското собрание.\nСоветите се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на општината.Советите на општинското собрание ги сочинуваат членови избрани од работните и општествените организации и членови што ги избира собранието од редот на своите членови и другите граѓани.Бројот на членовите на советите избрани од општинското собрание не може да биде поголем од половината од вкупниот број членови на советот.Членовите на советите се избираат на две години.\nЗа вршење управни работи во рамките на правата и должностите на општината, општинското собрание со статутот на општината образува органи на управата.Органите на управата непосредно ги извршуваат законите, општинските планови и другите прописи, како и заклучоците на собранието и неговите совети, решаваат во управни работи, ја спроведуваат политиката утврдена од собранието, ја следат состојбата во областите за кои се образувани, подготвуваат предлози на прописи и мерки и вршат други стручни работи за собранието и неговите совети, вршат управен надзор и други управни дејства.Видовите на органите на управата и условите за нивно образување се определуваат со закон.Работите од својот делокруг органите на управата ги вршат самостојно, во рамките на овластувањата што им се дадени со закон и други прописи и во согласност со насоките на општинското собрание и неговите совети.Органите на управата за својата работа одговараат пред собранието и неговите совети.\nСобранието на Социјалистичка Република Македонија може во случај на вонредни околности во Републиката да го продолжи мандатот на членовите на општинските собранија додека траат тие околности.\n1.6.3 3. Општини на подрачјето на град Скопје\nВо град Скопје за вршење определени работи од заеднички интерес за градот како целина се образува Градско собрание.Градското собрание го сочинуваат градски собор и собор на работните заедници. Одборниците на Градското собрание ги избираат како делегати на општините општинските собранија од подрачјето на градот од редот на своите членови, сразмерно со бројот на жителите на општините.Начинот на избор на одборниците на градското собрание се определува со закон.Надлежноста на Градското собрание и неговата организација, како и начинот на финансирањето се определуваат со закон и со статутот на град Скопје.Статутот на град Скопје го донесува Градското собрание со мнозинство гласови на сите свои членови, а влегува во сила откако ќе го усвои мнозинството од општините на подрачјето на градот.\n1.6.4 4. Месни заедници\nВо месната заедница, како самоуправна заедница на граѓаните на селските и градските населби, граѓаните непосредно остваруваат самоуправување во дејностите што служат за непосредно задоволување на потребите на работните луѓе и нивните семејства.Со статутот на општината може да се определи месната заедница да врши и други работи заради задоволување на комуналните, социјалните и другите заеднички потреби на граѓаните, како и начинот на финансирањето на овие дејности.Месната заедница има својство на правно лице.\nМесните заедници се образуваат на подрачја на општините што претставуваат урбанистичка и комунална целина.Месните заедници се образуваат со одлука на општинското собрание а по предлог од собирите на избирачите.Со статутот на општината и со статутот на месната заедница се утврдуваат органите и организацијата на месната заедница.Статутот на месната заедница го потврдува општинскито собрание.Средствата за извршување на задачите на месните заедници се утврдуваат со статутот на општината, а се обезбедуваат од надоместоци за услуги, од средствата што за таа цел ќе ги одделат работните организации, од средствата што општината ќе ги пренесе на месните заедници, а за одделни намени и од самопридонесите од граѓаните врз основа на нивна непосредна одлука.Месните заедници самостојно располагаат со своите средства.\n1.6.5 5. Собири на избирачите\nНа собирите на избирачите граѓаните претресуваат прашања од значење за животот и работата во населбата и општината и други прашања од општествен интерес, даваат иницијатива и поднесуваат предлози за нивното решавање, непосредно одлучуваат за прашања определени со закон и статутот на општината и предлагаат кандидати на изборите за членови на претставничките тела.Работните луѓе на собирите во работните заедници предлагаат кандидати за членови на претставничките тела и вршат други работи на управување утврдени со закон и статут.Со закон и со статутот на општината се определуваат прашањата за кои надлежните органи можат да одлучуваат само по претходно дадени мислења од собирите на избирачите.Начинот на свикувањето и работењето на собирите на избирачите се определува со статутот на општината.\nНа собирот на избирачите членовите на општинските собранија поднесуваат извештаи за својата работа и за работата на општинското собрание и одговараат на прашања на избирачите.Органите на општественото самоуправување, по барање од собирите на избирачите, се должни да ги известуваат собирите за својата работа и да им даваат потребни известувања.\nОрганот на кој му се упатени заклучоците, предлозите и мислењата на собирите на избирачите е должен да ги земе во разгледување и во рок утврден со статутот на општината да ги извести собирите за своите становишта и преземените мерки.\n1.6.6 6. Референдум\nОпштинското собрание може да распише референдум заради претходно изјаснување на граѓаните за одделни одлуки или мерки од негова надлежност или заради потврдување на такви одлуки или мерки.Со закон или со статутот на општината можат да се определат прашања за кои задолжително се распишува референдум.Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.\n1.7 Глава V: ОКОЛИЈА\nОколијата како општествено-политичка заедница се образува за вршење работи од заеднички интерес за две или повеќе општини.Околија се образува и нејзиното подрачје се определува со закон по претходно мислење од собранијата на заинтересираните општини.\nПравата и должностите на околијата се утврдуваат, во рамките на правата и должностите на Републиката, со овој Устав и со закон.Општините можат со одлука на своите собранија да ѝ доверат на околијата да врши и определени работи од заеднички интерес за општините. Со одлука на Собранието на Социјалистичка Република Македонија може да се предвиди обврска за околијата да ги врши овие работи.\nОколијата ги има особено следните права и должности:1) ја усогласува и поттикнува активноста на општините;2) се грижи за развитокот на стопанството и другите општествени дејности на своето подрачје, организира посебни служби како и установи за урбанистичко и регионално просторно планирање;3) се грижи за развитокот на општественото самоуправување;4) организира и дава стручна и друга помош на општините во остварувањето на нивните права и должности;5) основа работни и други самоуправни организации и служби од заеднички интерес за општините;6) врши општествен надзор;7) врши надзор над законитоста на работата на органите на општините согласно со законот;8) ги извршува законите и другите прописи кога е изречно овластена;9) врши и други права и должности утврдени со закон.\nПравата и должностите на околијата ги остваруваат околиското собрание и неговите органи со учество и во соработка со другите органи на општественото самоуправување во околијата.\nНачинот на финансирањето на околијата се уредува со закон.Околијата самостојно ги распоредува своите средства во буџет и фондови.\nОколијата има статут.Со статутот на околијата, во рамките на уставот и законите, особено се утврдуваат: правата и должностите на околијата; организацијата и делокругот на органите на околијата; постапката за донесување на прописи и програми за развитокот на стопанството и другите општествени дејности; условите за основање на работни и други самоуправни организации и служби од заеднички интерес за општините, како и правата и обврските на општините во врска со нивното користење; облиците на соработка помеѓу околиските и општинските органи; начинот на вршење надзор над законитоста на работата на општинските органи и други прашања од заеднички интерес за општините во околијата;Статутот на околијата го донесува околиското собрание самостојно со мнозинство од две третини гласови од вкупниот број членови на секој собор, по претходно мислење од општинските собранија од подрачјето на околијата.\nОколиското собрание е највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на околијата.Околиското собрание може заедно со претставниците на општествено-политичките организации и здруженијата, како општ собир, да претресува прашања од општ интерес за околијата.\nОколиското собрание го сочинуваат околиски собор и собор на работните заедници.Одборниците на околиското собрание ги избираат, како делегати на општините, општинските собранија од подрачјето на околијата од редот на своите членови, сразмерно со бројот на жителите на општината.Начинот на изборот на одборниците на околиското собрание се определува со закон.Соборите на околиското собрание имаат еднаков број членови. Бројот на одборниците на соборите се утврдува со статутот на околијата во границите определени со закон.Собранието на Социјалистичка Република Македонија може во случај на вонредни околности во Републиката да го продолжи мандатот на членовите на околиските собранија додека траат тие околности.\nОдборник на околиското собрание не може истовремено да биде именуван функционер или службеник на државен орган што му одговара на собранието, ниту судија на окружен суд.\nПравата и должностите на одборниците на околиското собрание се утврдуваат со статутот на околијата.Одборниците на околиското собрание за вршење на своите права и должности се одговорни пред избирачите и пред општинското собрание што ги делегирало.Функцијата на одборник на околиско собрание е почесна и бесплатна.Со статутот на околијата може да се определи одборник што врши постојана функција во собранието да има право на постојана месечна награда.\nОколиското собрание исклучиво на своите седници: ја утврдува политиката во рамките на правата и должностите на околијата; го донесува и менува статутот на околијата; донесува програми за развитокот на стопанството и другите општествени дејности за подрачјето на околијата или за делови од тоа подрачје; донесува буџет и завршна сметка за извршување на буџетот на околијата; ја претресува состојбата и општите проблеми на правосудството; основа работни и други самоуправни организации и служби; избира претседател на собранието и претседатели и членови на соборите на собранието; избира судии и судии поротници на окружниот суд; именува секретар и раководни службеници во органите на управата на собранието; врши буџетска контрола, надзор над работата на советите и органите на управата; врши општествен надзор; врши и други работи за кои тоа е определено со закон или статутот на околијата.Програмите за развитокот на стопанството и на другите општествени дејности што ги донесува околиското собрание се задолжителни за општините ако ги усвојат општинските собранија од подрачјето на околијата односно од делот на подрачјето за кое тие се однесуваат.Околиското собрание во вршењето на работите од својата надлежност донесува одлуки, наредби, упатства, решенија, заклучоци и насоки.Околиското собрание може да разгледува општи прашања од значење за развитокот на општините и одделните области на општествените дејности и по тие прашања може да дава препораки.\nСоборите на околиското собрание работат и одлучуваат по правило на заедничка седница.Соборите на околиското собрание работат и одлучуваат на одделни седници во случаите предвидени со статутот на околијата и кога тоа ќе го побара една четвртина од членовите на еден собор.Со статутот на околијата се уредува постапката за остранување на несогласностите помеѓу соборите. Оваа постапка може да се уредува и со закон.\nОколиското собрание може за проучување на одделни прашања од својата надлежност, за претресување на предлози и за вршење други работи да образува постојани и повремени комисии.Постојаните комисии на собранието се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на околијата.\nВо околиското собрание се образува комисија за прашања на изборите и именувањата, која ги претресува прашањата во врска со изборот, именувањата и разрешувањата на членовите на телата на собранието и другите функционери и на собранието му поднесува предлози. Оваа комисија ги претресува и општите прашања на кадровската политика во рамките на правата и должностите на околијата.Комисијата ја сочинуваат членови на собранието и претставници на општествено-политичките организации. Составот на комисијата поблиску се утврдува со статутот на околијата.\nОколиското собрание избира претседател на собранието од редот на членовите на собранието.Претседателот го претставува собранието и ги свикува неговите седници, се грижи за извршување на одлуките и другите прописи на собранието и врши други работи утврдени со статутот на околијата.\nСоветите се политичко-извршни органи на околиското собрание и територијални органи на општественото самоуправување во областа за која се образувани.Советите, во рамките на својот делокруг, се грижат за остварувањето на политиката утврдена од собранието и за извршувањето на законите и другите прописи како и одлуките и другите прописи на околиското собрание, даваат предлози за утврдување на политиката на собранието и ги утврдуваат предлозите на одлуките и другите прописи што ги донесува собранието, вршат надзор и им даваат насоки за работа на органите на управата, како и претресуваат прашања од заеднички интерес за работните и другите самоуправни организации за областа во која се образувани, а чија дејност се простира на подрачјето на околијата, и на овие организации им даваат препораки.Советите вршат управни работи само кога тоа изречно е предвидено со закон или со одлука на околиското собрание.Советите донесуваат наредби, упатства, решенија, насоки и заклучоци.Советите за својата работа одговараат пред околиското собрание.\nСоветите се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на околијата.Советите ги сочинуваат членови што ги избира околиското собрание од редот на своите членови, од редот на членовите на соодветните совети на општинските собранија, како и од редот на другите граѓани.Бројот на членовите на советите избрани од редот на членовите на околиското собрание не може да биде поголем од половината од вкупниот број членови на советот.Членовите на советот се избираат на две години.\nЗа вршење на управни работи, во рамките на правата и должностите на околијата, околиското собрание со статутот на околијата образува органи на управата.Органите на управата подготвуваат предлози на прописи и други општи акти и вршат други стручни работи за собранието и неговите совети, ги извршуваат одлуките и другите прописи на собранието и неговите совети, кога се изречно овластени непосредно ги применуваат законите и другите прописи и вршат надзор над извршувањето на законите и другите прописи, како и други управни дејности.Видовите на органите на управата и условите за нивното образување се уредуваат со закон.Работите од својот делокруг органите на управата ги вршат самостојно во рамките на овластувањата што им се дадени со закон и други прописи и во согласност со насоките на околиското собрание и неговите совети.Органите на управата одговараат пред собранието и неговите совети.\n1.8 Глава VI: ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\nСоцијалистичка Република Македонија ги има следните права и должности:1) обезбедува услови за остварувањето и развитокот на општественото самоуправување;2) ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот и обезбедува услови за нивното остварување;3) ги штити самоуправните права на работните организации, општините и околиите и се грижи за нивното остварување;4) ги штити правата на народностите - националните малцинства и се грижи за обезбедувањето на нивното рамноправно учество во општествениот живот;5) го штити општествено-економското и општествено-политичкото уредување; го обезбедува и заштитува јавниот поредок на територијата на Републиката;6) обезбедува услови за што поповолен стопански и општествен развиток, како и услови за јакнење на социјалистичките општествено-економски односи; го насочува и усогласува развитокот на стопанството и на другите дејности на Републиката;7) го утврдува делот на општествениот производ остварен на територијата на Републиката што е потребен за остварување на правата и должностите на Републиката;8) ги распределува општествените средства на Републиката;9) ја утврдува кредитната политика во рамките на единствениот кредитен систем и го насочува кредитното и банкарското делување;10) се грижи и обезбедува услови за развитокот на науката и ја помага и усогласува научно-испитувачката работа;11) се грижи за развитокот на културата и обезбедува услови за унапредување на културните дејности од општ интерес за Републиката;12) се грижи за развитокот на просветата и за единството на школскиот систем; обезбедува услови за развитокот на високото школо;13) се грижи за развитокот на здравствената заштита и презема мерки од општ интерес за Републиката во оваа област; го утврдува системот на организацијата на здравствените служби;14) се грижи за развитокот на социјалната заштита и другите општествени дејности и презема мерки од општ интерес за Републиката во овие области; го утврдува системот на организацијата на социјалните и другите општествени служби;15) уредува со закон и други прописи прашања од општо значење за Републиката;16) го обезбедува единството на правниот поредок на Републиката и единствената примена на републичките закони; ја обезбедува заштитата на уставноста и законитоста;17) основа републички органи и стручни служби од општ интерес за Републиката и се грижи за нивното функционирање; основа работни организации од општ интерес за Републиката;18) врши судска функција во рамките на републичката надлежност и ја уредува организацијата на правосудството во Републиката;19) утврдува општи начела за организацијата на органите на општините и оклиите и се грижи за унапредувањето на нивното работење;20) врши и други права и должности утврдени со Уставот.Правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија ги остваруваат републичките органи, во рамките на нивната надлежност определена со овој устав и законите.Своите политички, општествено-економски, културни и други заеднички интереси граѓаните ги остваруваат и преку општествено-политичките и другите организации, што својата дејност ја вршат на целата територија на Републиката.Во остварувањето на своите права и должности Републиката се потпира на соработката на општините и околиите, како и на општествено-политичките и другите организации.\nСоцијалистичка Република Македонија, во согласност со општествените планови на Југославија, го утврдува општиот правец на развитокот на стопанството и другите општествени дејности, ги утврдува основните односи во распределбата на општествениот производ, го усогласува развитокот на стопанството и односите помеѓу стопанските гранки и области, ги изедначува општите услови за работа и за стекнување на доход заради остварување начелото на распределба според трудот, ја утврдува политиката на развитокот на неразвиените подрачја, политиката на запослувањето и порастот на продуктивноста на трудот и личната потрошувачка, политиката на изградба на стопански објекти и објекти за потребите на општествените дејности од општ интерес за Републиката што се финансираат од републички средства и создава што поповолни услови за остварување на заедничките интереси на работните луѓе, дејностите на работните организации и функциите на општините и околиите во областа на општествено-економските односи.\nЗа остварувањето на своите права и должности Републиката, во рамките на единствениот систем на распределба, самостојно ги утврдува своите приходи и располага со нив.Средствата на Републиката служат:1) за финансирање на обврските и задачите на Републиката; за развитокот на одделни општествени дејности; за финансирање на потребите на републичките органи; за дотации на општините, на работните и другите самоуправни организации што остваруваат задачи од општ интерес за Републиката и на републичките фондови;2) за интервенции во стопанството заради усогласување на односите помеѓу одделни дејности, за изедначување на условите за работа и стекнување доход; за обезбедување стабилноста на стопанството и снабденоста на пазарот;3) за финансирање на побрзиот стопански развиток на стопански недоволно развиените краишта;4) за финансирање на изградбата на стопански објекти и објекти за потребите на другите општествени дејности што се од општ интерес за Републиката.Републиката самостојно располага со овие средства и ги распределува во буџетот и фондовите.\nСе образува посебен фонд на Републиката за кредитирање на побрзиот стопански развиток на недоволно развиените краишта.Со закон се утврдуваат постојани извори за финансирање на фондот, посебните услови за кредитирање и начинот на делување на Фондот.\nЗа финансирање на одделни дејности во рамките на своите права и должности, Социјалистичка Република Македонија може да основа свои фондови.Фондовите се основаат и укинуваат со закон.Со средствата на фондовите самостојно располагаат органите на управување на фондовите во согласност со општата политика што ја утврдува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.\nСредствата на Републиката наменети за развитокот на стопанството се даваат во вид на кредит, ако со закон или со републичкиот општествен план не е определено поинаку.Средствата наменети за развитокот на другите дејности се даваат во вид на кредит или без обврска за враќање на начин определен со закон или со републичкиот општествен план.\nПрашањата што се од општ интерес за Републиката се уредуваат со закон.Само со закон се уредува: образувањето и укинувањето на општините и околиите и утврдувањето и менувањето на нивните подрачја; републичкото државјанство; изборот и отповикувањето на пратениците на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и одборниците на општинските и околиските собранија; амнестијата и помилувањата; републичките празници; референдумот; организацијата на републичките органи и стручни служби и начелата за нивната работа; општите начела за организацијата на органите на општините и околиите и за нивната работа; организацијата на правосудството; системот и организацијата на научно-испитувачката работа; системот и организацијата на воспитувањето и образованието; организацијата на културните и уметничките установи; системот и организацијата на здравствената и социјалната заштита; урбанистичкото и регионалното просторно планирање; други прашања за кои тоа е определено со овој Устав.\nВо областите што се уредуваат само со закон општините можат да донесуваат одлуки само ако за тоа се овластени со законот.Во другите области општините можат, во рамките на своите права и должности, самостојно да донесуваат одлуки заради уредување на прашања и односи од непосреден интерес за општината. Овие одлуки општините се должни да ги усогласат со подоцна донесениот закон во рок од три месеци по влегувањето во сила на законот.\nОпштините можат да донесуваат прописи за извршување на законите само ако за тоа се овластени со закон.Општинските органи го обезбедуваат извршувањето на законите и другите прописи и непосредно ги извршуваат, доколку со законот или прописот нивното извршување не е ставено во надлежност на републичките или околиските органи односно во надлежност на установите и организациите што вршат работи од јавен интерес.\nОколиите можат да донесуваат прописи само кога за тоа се овластени со закон.Околиите можат да бидат овластени да донесуваат прописи само за уредување на работите од заеднички интерес за општините и граѓаните од нивното подрачје.Околиите можат да донесуваат прописи и за уредување на работите од заеднички интерес на општините што тие им ги довериле.\nРепубличките органи имаат спрема општинските и околиските органи само права утврдени со уставот и со законите.Општинските и околиските органи се должни да го обезбедуваат извршувањето на законите, другите прописи и мерки на републичките органи во работите од општ интерес за Републиката и за таа цел да соработуваат со нив кога тие оваа соработка ја бараат во согласност со законот.Само со закон може да се предвиди во извршувањето на одделни работи од општ интерес за Републиката, републичките органи да имаат право на општинските и околиските органи да им издаваат задолжителни инструкции и да вршат право на надзор над работата на тие органи, како и други овластувања заради обезбедување на извршувањето на овие работи.Работи од општ интерес за Републиката се со закон определени за чие извршување се одговорни републичките органи и кога непосредно ги извршуваат органите во општината и околијата.\nСамо со закон може на подрачјето на општината и околијата да се образуваат органи на управата за вршење одделни управни работи од надлежноста на Републиката, како и да се пропишува обврска на општините и околиите да образуваат органи на управата за вршење на такви работи или работи од општ интерес за Републиката што се пренесени во надлежност на општината односно околијата.Републиката може непосредно преку свои органи да го обезбедува извршувањето на законите и другите републички прописи за чие што извршување се надлежни општинските и околиските органи, ако и додека овие органи не ги извршуваат тие прописи, со обврска општината односно околијата да ги надоместат причинетите со тоа трошоци.Со закон може да се определи републичките органи што вршат работи на инспекција или надзор да ги вршат овие работи непосредно на целата територија на Републиката заради контрола на извршувањето на законите и заштитата на законитоста и правата на граѓаните и организациите.\nОдделни работи од надлежноста на Републиката во врска со извршувањето на законите можат со закон да се пренесат во надлежност на општинските и околиските органи. Во овој случај Републиката е должна на општините и околиите да им обезбеди соодветни средства односно извори на приходи за вршење на тие работи.\nЗа решавање на прашања од општ интерес за Републиката, како и за претходно изјаснување на граѓаните за одделни предлози на закони, одлуки и мерки или за нивното потврдување може да се распише референдум.Со закон можат да се определат прашања по кои задолжително се распишува референдум.Одлуката на избирачкото тело на референдумот е задолжителна.\n1.9 Глава VII: СОБРАНИЕ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА\n1.9.1 1. Положба и надлежност\nСобранието на Социјалистичка Република Македонија е највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на Републиката.Собранието своите права и должности ги врши на основа и во рамките на уставот и законите.\nСобранието, како основен насител на правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија, непосредно и исклучиво:1) го менува Уставот;2) донесува закони и дава автентични толкувања на законите;3) донесува републички општествени планови, републички буџет и завршна сметка за извршувањето на буџетот;4) донесува и одобрува финансиски планови и завешни сметки на републичките фондови определени со закон;5) одлучува за распишување на јавни заеми;6) претресува општи политички прашања и ги утврдува основите на политиката во рамките на правата и должностите на Републиката; ги утврдува обврските на републичките органи и организации за извршување на законите и другите акти и политиката на Собранието;7) одлучува за измена на границите на Социјалистичка Република Македонија;8) распишува републички референдум;9) основа работни и други самоуправни организации од општ интерес за Републиката определени со закон;10) дава амнестија за кривични дела определени со републички закони;11) ги претресува извештаите на републичките судови за примената на законите од страна на судовите; ги претресува извештаите на органите на републичката управа, како и извештаите на самоуправните организации определени со закон;12) врши политичка контрола над работата на Извршниот совет и републичките органи на управата, врши контрола над извршувањето на републичките општествени планови, републичкиот буџет и финансиските планови на републичките фондови определени со закон; врши општествен надзор; зазема начелни ставови по извештаите што ги претресува;13) одлучува за продолжување на мандатот на пратениците и одборниците на општинските и околиските собранија;14) избира и отповикува определен број пратеници за Соборот на народите на Сојузната скупштина;15) избира и разрешува претседател и потпретседател на Собранието;16) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет, на одборите и комисиите на Собранието;17) избира и разрешува претседател и судии на Уставниот суд на Македонија, на Врховниот суд на Македонија и на другите судови кога е тоа определено со закон;18) именува и разрешува републички секретари, секретар на Извршниот совет како и функционери и членови на органите на управувањето на организациите определени со закон или друг акт на Собранието;19) врши други работи утврдени со Уставот.Собранието може да донесува декларации и резолуции и на државните органи и самоуправните организации да им дава препораки во кои се изразува мислење по прашања од општ интерес.\nСобранието на Социјалистичка Република Мокедонија може заедно со претставниците на општествено-политичките организации и здруженијата, како општ собор, да претресува прашања од општ интерес за Републиката.\n1.9.2 2. Состав и избор\nСобранието го сочинуваат Републички собор, како собор на делегати на граѓаните во општините, и Стопански собор, Просветно-културен собор, Социјално-здравствен собор и Организационо-политички собор, како собори на делегатите на работните луѓе во работните заедници.\nРепубличкиот собор има 100 пратеници, а Стопанскиот, Просветно-културниот, Социјално-здравствениот и Организационо-политичкиот имаат по 60 пратеници, што се избираат согласно со нормата еден пратеник да се избира на еднаков број жители и во една или повеќе општини, како изборна единица, да се избира по еден пратеник за секој собор.\nПратеници за Републичкиот собор избираат општинско собрание односно собранија на две или повеќе општини и граѓаните непосредно.Пратеници за соборите на работните заедници на Собранието избираат општинско собрание односно собранија на две или повеќе општини.Пратенички кандидати за Републичкиот собор предлагаат граѓаните на собирите на избирачи или група на граѓани, а пратенички кандидати за соборите на работните заедници работните луѓе во работните заедници од соодветната област на трудот.\nПраво да биде избран за пратеник во Републичкиот собор има секој граѓанин што има избирачко право.Право да биде избран за пратеник во Стопанскиот, Просветно-културниот односно Социјално-здравствениот собор има секој работен човек или член на орган на управување на работна организација односно на работна заедница во соодветната област на трудот, член на орган на управување на здружение на работни организации и функционер на синдикатите, во соодветната област на трудот.Право да биде избран за пратеник во Организационо-политичкиот собор има секој член на орган на управување на работна организација односно на работна заедница, член на орган на управување на здружение на работни организации, како и функционер на општествено-политичка организација или здружение, чија што дејност се однесува на прашања од областа на општествено-политичкиот систем.За пратеник на секој од соборите на работните заедници може да биде избран, според условите определени со закон, и друг граѓанин што се занимава со дејност од соодветната област.За пратеник на собор на работните заедници може да биде избран само граѓанин што има избирачко право.\nПратеник во Републичкиот собор станува кандидатот избран во општинското собрание односно во општинските собранија со мнозинство определено со закон за кој по тој избор гласало мнозинството од сите избирачи на изборната единица, а ако се избрани повеќе кандидати, пратеник станува кандидатот што добил најголем број гласови во изборната единица.Пратеник во Стопанскиот, Просветно-културниот, Социјално-здравствениот односно Организационо-политичкиот собор станува кандидатот што е избран во општинското собрание односно во општинските собранија со мнозинство определено со закон.\nПратеник не може истовремено да биде именуван функционер или службеник на државен орган што му одговара на Собранието, ниту судија на републички суд.\nПратеник на Собранието е отповикан ако за отповикување се изјаснило мнозинство на избирачите определено со закон.\nИзбори за пратеници распишува претседателот на Собранието.Изборите за нови пратеници мора да се одржат најдоцна на петнаесет дена пред истекот на изборниот период на пратениците на кои мандатот им истекува.Ако е распуштен некој собор на Собранието избори се распишуваат во рок од 15 дена од денот на распуштањето.Мандатот на пратениците на новоизбраниот собор трае до истекот на времето за кое биле избрани пратениците на соборот што е распуштен.Од денот на распишувањето на изборите до денот на изборот на пратениците не може да помине повеќе од два месеци ни помалку од еден месец.Со денот на верификацијата на мандатот на новите пратеници им престанува функцијата на пратениците на кои им истекол мандатот.\nСобранието може во вонредни околности да го продолжи мандатот на пратениците за време додека таквата состојба трае. Избори се распишуваат веднаш штом ќе престанат околностите поради кои бил продолжен мандатот на пратениците.\n1.9.3 3. Делокруг и работа\nРаботите од надлежноста на Собранието ги врши Републичкиот собор заедно со друг надлежен собор рамноправно.Определени работи од надлежноста на Собранието врши одделен собор на Собранието самостојно.Собранието врши определени работи од својата надлежност на заедничка седница на сите собори.Собранието врши определени работи од својата надлежност во одбори, комисии и други тела на соборите и на Собранието.\nРепубличкиот собор рамноправно со Стопанскиот собор:претресува прашања од интерес за работните заедници од областа на стопанството, како и други прашања од областа на стопанството и финансиите;донесува закони и други акти во тие области;донесува републички општествени планови.\nРепубличкиот собор рамноправно со Просветно-културниот собор:претресува прашања од интерес за работните заедници од областа на просветата, науката, уметноста и другите области на културата, физичката култура, како и други прашања од тие области;донесува закони и други акти во тие области.\nРепубличкиот собор рамноправно со Социјално-здравствениот собор:претресува прашања од интерес за работните заедници од областа на здравјето, социјалното осигурување и другите области на социјалната политика, како и други прашања од тие области;донесува закони и други акти во тие области.\nРепубличкиот собор рамноправно со Организационо-политичкиот собор:претресува прашања од областа на општествено-политичкото уредување и другите области од надлежноста на Собранието, освен прашањата што според овој устав спаѓаат во рамноправен делокруг на другите собори или во самостоен делокруг на некој друг собор;донесува закони и други акти доколку тоа не спаѓа во рамноправен делокруг на другите собори или во самостоен делокруг на Републичкиот собор;донесува републички буџет и завршна сметка.\nРепубличкиот собор самостојно:1) одлучува за измена на границите на Социјалистичка Република Македонија;2) дава амнестија за кривични дела опредлени со републички закон;3) одлучува за продолжување на мандатот на одборниците на општинските и околиските собранија;4) избира пратеници на Соборот на народите на Сојузната скупштина;5) ги укинува или поништува прописите и другите акти на Извршниот совет што се во спротивност со Уставот или со законите;6) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет, претседатели и членови на своите одбори и комисии;7) избира и разрешува претседател и судии на Уставниот суд на Македонија, на Врховниот суд на Македонија и на другите судови кога е тоа определено со закон;8) именува и разрешува републички секретари, секретар на Извршниот совет, како и функционери и членови на органите на управување на организациите за кои тоа е определено со закон или со друг акт на Собранието;9) одлучува за надоместоците на пратениците и функционерите што Собранието ги избира или именува;10) врши други работи од надлежноста на Собранието што не се ставени во рамноправен делокруг на други собори или на самостоен делокруг на друг собор.\nСоборите на работните заедници можат, секој во својот делокруг, самостојно да претресуваат прашања во врска со извршувањето на законите и другите акти на Собранието и други прашања од заеднички интерес за работните и другите самоуправни организации и работните заедници од соодветната област на трудот, со цел да се усогласуваат нивните односи и да се развива нивната меѓусебна соработка. Овие собори имаат право по овие прашања на соодветните самоуправни организации, работни заедници и државни органи да им даваат препораки.Секој собор може, во својот делокруг, да бара извештаи од Извршниот совет и да му упатува прашања.Секој собор може, во својот делокруг, да бара извештаи и објаснувања од републичките секретари и другите функционери што раководат со републичките органи на управата.\nСобранието на заедничка седница на сите собори избира и разрешува претседател и потпретседател на Собранието, одлучува за продолжувањето на мандатот на пратениците и утврдува дека престанале околностите поради кои мандатот на пратениците бил продолжен.\nСекој собор на Собранието донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови на седница на која присуствува мнозинство од членовите на соборот, доклку со овој устав за донесување на одделни одлуки не се бара посебно мнозинство.Собранието на заедничка седница на сите собори, донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови, доколку со овој устав не се бара посебно мнозинство. За донесување на одлуки на заедничка седница потребно е присуство на мнозинството од членовите на секој собор.\nСекој собор на Собранието заседава и одлучува одделно на свои седници, но соборите можат да одлучат и да заседаваат и работат заедно.Два собора кои учествуваат рамноправно во донесувањето на закон или друг акт можат да одлучат законот или актот да го претресат или да го донесат на заедничка седница.Два или повеќе собори можат да одлучат на заедничка седница да претресат прашања од заеднички интерес за тие собори.Соборите кога ќе одлучат да гласат на заедничка едница, членовите на секој собор гласаат одделно.Гласањето е јавно, освен ако Собранието или соборот не определи гласањето да се врши тајно.\nСобранието има свој деловник што се донесува на заедничка седница на сите собори.Секој собор на Собранието самостојно донесува деловник за својата работа.\nСекој собор на Собранието самостојно врши верификација на мандатите и одлучува за мандатно-имунитететните прашања на своите членови.\n1.9.4 4. Донесување на закони\nПраво на предлагање закони или други акти има секој пратеник во својот собор, Извршниот совет и одбор на собор.Секој собор може да предложи донесување на закони и други акти од делокругот на другиот собор.Барање за донесување на закони може да потекне и од општинско или околиско собрание, од самоуправна организација, од општествено-политичка организација, здружение и од граѓаните.\nСекој собор на Собранието има право да претресува предлог на закон, општествен план и буџет како и друго прашање од делокругот на друг собор и по тој предлог или прашање да му даде мислење на надлежниот собор, ако предлогот или прашањето се однесува и на области од неговиот делокруг.Надлежниот собор може да бара од другите собори мислење по предлог на закон, општествен план, буџет и по други прашања.Надлежниот собор е должен да го земе во претрес мислењето на другите собори и да заземе став по нив.\nНадлежните собори на Собранието можат да одлучат предлог на закон да се изнесе на јавна дискусија или при претресувањето на предлогот на закон или друг акт можат да повикаат претставници на самоуправните организации, на општествено-политичките организации и на здруженијата за давање на мислења и предлози.\nЗаконот или друг акт во чие донесување рамноправно учествуваат два собора на Собранието се смета за донесен кога е изгласан во истоветен текст во обата собора.Ако не се постигне согласност за истоветноста на текстот на законот или другиот акт по два претреса едноподруго на спорното прашање, соборите образуваат зедничка комисија составена од еднаков број членови на обата собора, на која ѝ се доверува составување на предлог за решавање на спорот.Ако во заедничката комисија не се постигне согласност или ако еден собор не го усвои текстот што го предложила комисијата, предлогот на законот или другиот акт се изнесува на заедничка седница на обата собора.Ако не се постигне согласност ни на заедничката седница, предлогот на законот или другиот акт се симнува од дневниот ред на Собранието и одново може да се стави на дневен ред по предлог на еден од соборите или Извршниот совет дури по истекот на шест месеци од денот на симнувањето од дневниот ред. На основа на одлука на обата собора спорниот акт може да се стави на дневен ред и пред истекот на овој рок.\nКога поради несогласност помеѓу Републичкиот собор и друг надлежен собор не можел да биде донесен општествениот план или буџетот до рокот кога тие мора да влезат во сила, обата собора се распуштаат и општествениот план односно буџетот се сметаат за донесени во текстот изгласан во Републичкиот собор.Новоизбраните собори можат да донесат нов општествен план односно буџет.Кога поради несогласност помеѓу Републичкиот собор и друг надлежен собор, ни по постапката предвидена за постигнување согласност, не можел да биде донесен закон чие донесување Извршниот совет го смета за неопходно и итно, обата собора се распуштаат и за донесен се смета законот во текстот изгласан во Републичкиот собор.\n1.9.5 5. Претседател на Собранието и претседатели на соборите\nСобранието има претседател и еден или повеќе потпретседатели што се избираат од редот на пратениците на Републичкиот собор.Претседателот и потпретседателите на Собранието и претседателите на соборите кои ја вршеле оваа функција четири години не можат на истата функција да бидат избрани за наредниот период од четири години.Собранието има секретар што го именува и разрешува Републичкиот собор.\nПретседателот на Собранието го претставува Собранието, свикува заеднички седници на соборите и им претседава, се грижи за примената на деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и деловникот на Собранието.Претседателот на Собранието може да свика заедничка седница на сите собори заради претресување на прашања од општо политичко значење.Претседателот на Собранието свикува заедничка седница на сите собори по предлог од најмалку три собора, а заедничка седница на два или повеќе собори - по предлог од два собора.Претседателот на Собранието ги потпишува сите акти на Собранието, освен препораките на одделните собори.Претседателот на Собранието со указ ги прогласува законите.\nПретседателот на Собранието со потпретседателите на Собранието и претседателите на соборите ги толкува одредбите на деловникот на Собранието и на соборите за надлежноста на соборите и одборите на Собранието и зазема ставови по други прашања од заеднички интерес за работата на соборите определени со деловникот на Собранието.\nСекој собор на Собранието има претседател и потпретседател што ги избира од редот на своите членови.Седници на одделен собор свикува претседателот на соборот на основа на одлука на самиот собор или по сопствена иницијатива, а е должен да свика седница по предлог од претседателот на Собранието или Извршниот совет и кога е тоа определено со овој устав.Ако претседателот на соборот не свика седница кога е тоа определено со овој устав, соборот ќе се состане по повик од дваесет свои членови или претседателот на Собранието.Претседателот на соборот ги потпишува препораките што ги донесува самостојно соборот.\n1.9.6 6. Права и должности на пратениците\nСекој пратеник има право да му поднесува на соборот чиј е член предлози на закони, одлуки, препораки, декларации и резолуции и да подига други прашања од делокругот на соборот.\nПратеникот има право да му предлага на соборот чиј е член претресување на прашања што се однесуваат на политиката и работата на Извршниот совет, на извршувањето на законите или на работата на републичките органи на управата.Определен број пратеници има право согласно со деловникот да предлага избор, именување и разрешување на функционери што ги избира односно именува Собранието, доколку со овој устав не е определено поинаку.Секој пратеник има право да им поставува на Извршниот совет или на функционерите што раководат со републичките органи на управата прашања што се однесуваат на нивната работа или на работите од нивната надлежност.\nСекој пратеник има право да бара известувања од републичките секретари и другите функционери што раководат со самостојните републички органи на управата.Секретарот односно другиот функционер е должен на пратеникот да му го даде бараното известување.\nПратеникот им е одговорен на избирачите и е должен за својата работа и за работата на соборот чиј е член да ги известува избирачите на изборната единица во која е избран.Пратеникот има право да учествува во работата на општинското собрание што го избрало.Пратеникот е должен општинското собрание по негово барање, да го известува за својата работа и за работата на соборот чиј е член. Тој е должен по барање од собранието да изнесе пред соборот чиј е член негов предлог или мислење за прашања од надлежноста на соборот.Заради вршење на својата пратеничка должност пратеникот има право да бара од државните органи, работните и другите самоуправни организации од подрачјето на изборната единица во која е избран, податоци што му се потребни за неговата работа во Собранието.\nПратеник на Републичкиот собор не може истовремено да биде именуван функционер ниту службеник во државен орган.Со закон се опредлува под кои услови пратеник на Републичкиот собор има право да се врати на своето поранешно или на соодветно работно место и има определени права што се стекнуваат на основа на трудот.\nПратеникот ужива имунитет во Собранието и надвор од него.Пратеникот не може да биде повикан на одговорност, притворен, ниту казнет за искажано мислење или давање на глас во Собранието.Пратеникот не може да биде притворен без одобрение на соборот чиј е член, ниту против него ако се повика на имунитетот може да се поведе кривична постапка без одобрение на соборот чиј е член.Пратеникот може да биде притворен без одобрение на соборот чиј е член само ако е затекнат во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор во траење подолго од пет години. Во таков случај државниот орган што го лишил пратеникот од слобода е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието. Претседателот ќе го изнесе ова прашање пред соодветниот собор за да одлучи дали постапката ќе се продолжи односно дали решението за лишување од слобода ќе остане во сила.Соборот може да го воспостави имунитетското право и на пратеник кој не се повикал на имунитетот ако е тоа потребно заради вршењето на функцијата на пратеник.Ако соборот не заседава, одобрение за лишување од слобода и за поведување односно за продолжување на кривичната постапка дава и одлучува за воспоставувањето на имунитетското право на пратеникот мандатно-имунитетската комисија на соодветниот собор со дополнителна потврда на соборот.\n1.9.7 7. Одбори и комисии\nЗа разгледување на општите прашања на политиката и за поднесување на предлози на Собранието по тие прашања, за проучување на предлозите на закони и други акти на Собранието и за претресување на други прашања од делокругот на Републичкиот собор, се образуваат постојани одбори на Републичкиот собор.Овие одбори се образуваат и нивниот делокруг се определува со одлука на Републичкиот собор.\nПостојаните одбори на Републичкиот собор во рамките на својот делокруг особено:ја претресуваат состојбата во одделни области на општествениот живот, ја следат работата на републичките органи и извршувањето на законите и другите акти на Собранието и му предлагаат на Собранието и на Извршниот совет утврдување на политиката и мерките за извршување на законите и другите акти на Собранието;ги проучуваат предлозите на законите и другите акти и другите прашања од надлежноста на Собранието и му поднесуваат на Републичкиот собор свои извештааи и предлози;ги утврдуваат предлозите на законите и другите акти на Собранието и имаат право од републичките органи на управата да бараат да изготват нацрти на одделни закони и други акти на Собранието.\nПостојаните одбори на Републичкиот собор можат да бараат од Извршниот совет да го изнесе својот став преку свој претставник по одделни прашања што се на дневен ред на седницата на одборот или да му достави свое мислење за нацрт на одделен закон или друг акт.Одборите можат од републичките функционери да бараат да ја изнесат состојбата во соодветната област на управата, да поднесат извештаи за извршувањето на законите и другите прописи и за други прашања од делокругот на соодветниот орган на управата, како и усно или писмено да им одговараат на поставените прашања и да им дадат известувања и објаснувања.\nПостојаните одбори на Републичкиот собор можат да вршат анкети и сослушувања и за таа цел да бараат од државните органи и организации потребни податоци, акти и исправи. Одборите не можат да имаат иследни или судски функции.Одборите можат да повикуваат претставници на одделни организации за давање мислења и предлози или за советување по одделни прашања.\nЗа проучување на предлозите на законите и другите акти и за претресување на други прашања од својот делокруг Стопанскиот, Просветно-културниот, Социјално-здравствениот и Организационо-политичкиот собор можат да образуваат свои одбори.\nВо Собранието се образува комисија за прашања на изборите и именувањата.Претседателот и мнозинството членови на оваа комисија ги избираат Републичкиот собор и другите собори од редот на пратениците, а определен број членови делегира Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.Оваа комисија ги претресува сите прашања во врска со изборите, именувањата и разрешувањата, од надлежноста на Собранието, како и општите прашања на кадровската политика во рамките на правата и должностите на Републката.\nСобранието и неговите собори можат да образуваат и други постојани и повремени комисии и други тела, на кои им доверуваат проучување на определени прашања, составување на нацрти на одделни закони и предлози на други акти и вршење анкети. Членовите на овие комисии се избираат од редот на пратениците, а членовите на одделни комисии можат да се именуваат и од редот на стручњаците и јавните работници.Собранието може да образува стручни, советодавни и слични служби потребни за работата на Собранието.\n1.9.8 8. Измена на Уставот\nЗа измена на Уставот одлучува Републичкиот собор по постапка утврдена со овој устав.Предлог за измена на Уставот можат да поднесат најмалку дваесет пратеници на Републичкиот собор или Извршниот совет.Републичкиот собор претходно одлучува дали да пристапи кон решавање за измена на Уставот. Одлуката се донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на Републичкиот собор.\nПред претресувањето на предлогот за измена на Уставот, Републичкиот собор им го доставува предлогот на Стопанскиот собор, Просветно-културниот собор, Социјално-здравствениот собор и Организационо-политичкиот собор, кои го претресуваат предлогот за измена на Уставот и на Републичкиот собор му даваат свое мислење. Откако ќе ги добие мислењата од другите собори, Републичкиот собор пристапува кон претрес на предлогот за измена на Уставот.\nВо текот на претресот на предлогот за измена на Уставот Републичкиот собор зазема став и по мислењата на другите собори на Собранието.Измената на Уставот е усвоена ако за неа гласаат две третини од пратениците на Републичкиот собор.\nАко најдоцна во рок од петнаесет дена по усвојувањето на измената на Уставот во Републичкиот собор, најмалку три собора не се согласат со усвоениот текст на измената, измената на Уставот усвоена во Републичкиот собор се изнесува на референдум.Референдумот за измена на Уставот го распишува претседателот на Собранието. Референдумот ќе се одржи во рок од два месеци од денот на усвојувањето на измената во Републичкиот собор.Измената на Уставот изнесена на референдум е усвоена ако за неа гласа мнозинството од сите избирачи во Републиката.Измената на Уставот ја прогласува Републичкиот собор.\n1.9.9 Глава VIII: Политичко-извршни и управни органи на собранието на Социјалистичка Република Македонија\n1.9.9.1 А) Извршен совет\nИзвршниот совет е орган на Собранието на кого му се доверува политичко-извршната функција во рамките на правата и должностите на Републиката.Извршниот совет е одговорен за спроведувањето на политиката на Републиката чии основи ги утврдува Собранието.Извршниот совет работите од својата надлежност ги врши на основа и во рамките на уставот и законите.\nИзвршниот совет го сочинуваат претседател и определен број членови.Бројот на членовите на Извршниот совет се определува при неговиот избор.\nПретседателот и членовите на Извршниот совет ги избира Републичкиот собор од редот на пратениците на Собранието.Предлог за претседател на Извршниот совет поднесува комисијата за прашања на изборите и именувањата, а можат да поднесат и најмалку дваесет членови на Републичкиот собор.Републичкиот собор го избира Извршниот совет по предлог од пратеникот предложен за претседател на Извршниот совет и на основа на мислење од комисијата за прашања на изборите и именувањата.\nРепубличкиот собор може по исклучок да избере за претседател или член на Извршниот совет пратеник кој непосредно пред тоа оваа функција ја вршел четири години, ако за тоа постојат оправдани причини, но најмалку за време од уште четири години. За претседателот на Извршниот совет одлука за тоа донесува Републичкиот собор по предлог од комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку дваесет членови на Републичкиот собор, а за член на Извршниот совет по предлог од претседателот на Извршниот совет односно пратеникот што е предложен за претседател.Пред преминот на избор, Републичкиот собор одлучува со мнозинство гласови од своите членови за оправданоста на изложените причини за отстапување од начелото за ограничување на повторен избор.Претседателот на Извршниот совет има право да му предлага на Републичкиот собор разрешување на одделни членови на Советот и избор на нови.Предлог за разрешување на претседателот на Извршниот совет можат да поднесат комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку дваесет членови на Републичкиот собор.Разрешувањето од должност на претседател на Извршниот совет повлекува разрешување на целиот Совет.Оставката на претседателот на Извтшниот совет како и оставката на мнозинството членови на Советот повлекува оставка на целиот Совет.\nИзвршниот совет:1) му предлага на Собранието утврдување на политиката и се грижи за спроведувањето на политиката што ја утврдува Собранието;2) се грижи за извршувањето на законите, на републичките општествени планови, републичкиот буџет и другите акти на Собранието; врши надзор над работата на републичките органи на управата и им дава општи насоки за нивната работа;3) му предлага на Собранието донесување на закони и други акти и има право да дава мислења по предлозите на закони што на Собранието му ги поднесуваат соборите, одборите на соборите или пратениците;4) ги утврдува предлозите на републичките општествени планови, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот;5) донесува уредби, одлуки и упатства за извршување на републичките закони и другите општи акти на Собранието кога за тоа е овластен со закон или со тие акти;6) основа републички органи на управа што не се основаат со закон како и стручни служби на Советот;7) основа, согласно закон, работни организации и други организации за вршење работи за потребите на Советот и на другите републички органи;8) утврдува општи начела за внатрешната организација на републичките органи на управата;9) ги укинува прописите на републичките органи на управата ако се во спротивност со закон, уредба или други прописи на Извршниот совет;10) му предлага на Собранието избор и разрешување на претседател и судии на Врховниот суд на Македонија и на другите судови чии избор е ставен во надлежност на Собранието;11) именува функционери во Советот и во републичките органи на управата и директори на работните организации, како и членови на органите на управувањето во работните организации, за кои тоа е определено со закон или со актот за нивното основање;12) располага, во рамките на законите, со општествени републички фондови;13) врши помилувања;14) врши и други работи утврдени со Уставот и законите.\nИзвршниот совет за работите од својата надлежност одлучува на седници.На седниците на Извршниот совет со право на член на Советот учествуваат републичките секретари и секретарот на Советот кога на дневен ред на седницата се прашања од делокругот на секретаријатот со кој раководат.Извршниот совет може да образува свои одбори и други тела за координирање на работата на републичките органи на управата и за претресување на прашања од заеднички интерес за повеќе органи на управата.Организацијата и начинот на работата на Извршниот совет се утврдуваат со закон.Во Извршниот совет можат да се именуваат републички секретари и други функционери, на кои им се доверува самостојно вршење на определени работи.\nПретседателот на Извршниот совет го претставува Советот, се грижи за спроведувањето на заклучоците и за остварувањето на политиката на Советот.Претседателот на Советот свикува седници на Советот по своја иницијатива или по предлог од најмалку пет члена.Претседателот на Советот ја координира работата на републичките органи на управата заради спроведување на општата политика на Советот.\nИзвршниот совет за својата работа му одговара на Собранието.Собранието може да укине или поништи пропис или друг акт на Извршниот совет што е во спротивност со Уставот или законот.\nИзвршниот совет е должен да го известува Собранието за својата работа.Извршниот совет може да им предложи на надлежните собори на Собранието да се одложи претресот на предлог на закон или друг акт, или заради претресување на определено прашање да се образува заедничка комисија од членови на надлежниот собор на Собранието и членови на Извршниот совет, или да се свика седница на надлежниот собор на Собранието на која ќе го изнесе својот став.Ако Собранието усвои предлог на закон или друг акт што е спротивен на образложено мислење на Извршниот совет, Советот може на Републичкиот собор да му поднесе колективна оставка ако смета дека не е во состојба да го обезбеди извршувањето на тој закон или акт.Извршниот совет во оставка останува на должност до изборот на нов Извршен совет.\n1.9.9.2 Б) Републичка управа\nЗа вршење работи на државната управа од надлежноста на Републиката се образуваат републички секретаријати и други републички органи на управата.Републичките органи на управата непосредно ги извршуваат сојузните и републичките закони, општествените планови и други прописи и општи акти, ја спроведуваат политиката утврдена од Собранието, ја следат состојбата во областа во која се образувани, организираат и вршат определени служби, подготвуваат нацрти на закони и други прописи и вршат други стручни работи за Собранието и Извршниот совет, решаваат во управните работи, вршат управен надзор и други управни дејности во рамките на правата и должностите на Републиката.Секретаријати се образуваат во оние гранки на управата во кои управните работи од надлежноста на Републиката се од поголем обем.За вршење определени стручни, управни и други работи од областа на правата и должностите на Републиката можат да се образуваат совети и други републички органи и организации.Секретаријатите и другите самостојни републички органи на управата, советите, како и организациите што вршат работи од општ интерес за Републиката се основаат, се укинуваат и нивниот делокруг се определува со закон.\nРепубличките органи на управата работите од својата надлежност ги вршат самостојно на основа и во рамките на уставот и законите.Во вршењето на работите од својата надлежност републичките органи на управата се придржуваат и за другите сојузни и републички прописи.Републичките органи на управата се должни да го обезбедуваат спроведувањето на законите и другите сојузни и републички прописи, како и политиката утврдена од Собранието и општите насоки на Извршниот совет.\nРепубличките секретари, секретарот на Извршниот совет и други републички функционери определени со закон ги именува и ги разрешува Собранието по предлог од претседателот на Извршниот совет, што тој го поднесува од името на Советот.Функционерите што ги именува Собранието не можат да бидат на тие функции повеќе од четири години непрекинато. Овие функционери можат да останат на тие функции најмногу уште четири години ако тоа го бараат оправдани причини. Републичкиот собор, по предлог од претседателот на Извршниот совет претходно одлучува со мнозинство гласови за оправданоста на изложените причини за отстапувањето од начелото на ограничувањето на повторно именување.\nРепубличките секретари и функционери што раководат со други републички органи на управата лично се одговорни за работата на тој орган и за извршувањето на задачите и работата од неговата надлежност.Републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата можат да донесуваат правилници, наредби и упатства за извршување на законите и прописите на Извршниот совет, кога за тоа се овластени со законот односно прописот на Извршниот совет.\nРепубличките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата се должни да го известуваат Собранието и Извршниот совет за состојвата во соодветната област на управата и за работата на органот на управата со кој раководат.Републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата се должни по барање од собор, одбор и комисија на Собранието да им даваат известувања и објаснувања по прашањата од делокругот на органот што го раководат, како и да даваат одговори на прашањата на пратениците.\n1.9.10 Глава IX: Правосудство\nВо Социјалистичка Република Македонија како судови од општа надлежност судската функција ја вршат општински судови, окружни судови и Врховниот суд на Македонија.За судење на стопански спорови и за одлучување по други правни предмети од интерес за стопанството постојат стопански судови.\nПод условите определени на основа на сојузен закон судска функција можат да вршат избрани судови односно арбитражи.На основа на закон можат да се основаат мировни совети и други установи за расправање на меѓусебните спорови на граѓаните или организациите.\nСудовите одлучуваат за основните лични, имотни, работни и други права на граѓаните и за нивните обврски, за имотните и другите права и обврски на организациите и општествено-политичките заедници, изрекуваат казни и други мерки спрема сторителите на кривични дела и стопански престапи, одлучуваат во управен спор за законитоста на поединечните акти на државните органи и на организациите што вршат јавни овластувања и решаваат за други односи кога тоа е предвидено со закон.Судовите ги следат и ги проучуваат општествените односи и појави од интерес за остварувањето на своите функции и даваат предлози за спречување на општествено опасните и штетните појави и за зацврстување на законитоста.Судовите, во рамките на својот делокруг, имаат право и должност да го известуваат собранието на соодветната општествено-политичка заедница за примената на законите и за проблемите на работата на судовите.\nСудовите во вршењето на судската функција се независни и судат на основа на уставот и законите.\nСудовите ги основа Собранието на Социјалистичка Република Македонија со закон.Општинските судови се основаат за една или повеќе општини.Окружни судови се основаат за една или повеќе околии или за одделни делови на околии.\nПостапката пред судовите се води на македонски јазик.Лицата што не го знаат македонскиот јазик имаат право пред судовите да се служат со својот јазик.\nВрховниот суд на Македонија:1) утврдува начелни ставови и начелни правни сфаќања по прашања од значење на единството во примената на републичките закони од страна на судовите од општа надлежност;2) одлучува по редовните правни средства против одлуките на окружните судови;3) одлучува по вонредните правни средства против правосилните одлуки на општинските и окружните судови во случаите предвидени со закон;4) одлучува по управните спорови во случаите предвидени со закон;5) ги решава споровите за надлежност помеѓу судовите од територијата на Републиката;6) врши други работи определени со закон.Организацијата и работата на Врховниот суд се утврдува со закон.\nЈавното обвинителство е самостоен орган кој врши кривично гонење и презема опредлени со закон мерки и правни средства заради единствена примена на законите и заштитата на закнитоста.\n1.9.11 Глава X: Уставност и законитост\nЗаради остварување на утврдените со уставот и законот општествено-економски и политички односи и на единството на правниот поредок, како и заради заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, правата на самоуправување и другите права на организациите и на општествено-политичките заедници, се обезбедува заштита на уставноста и законитоста.\nГрижата за уставноста и законитоста е должност на судовите и другите државни органи, организациите на општественото самоуправување и на секој што врши јавни или други општествени функции.Уставниот суд на Македонија како носител на заштитата на уставноста обезбедува и законитост во согласност со Уставот.\nСите прописи и други општи акти мора да бидат во согласност со Уставот.\nЗаконите мора да бидат во согласност со уставот. Другите прописи и општи акти на Собранието мора да бидат во согласност со уставот и со законите.Прописите и другите општи акти на Извршниот совет мора да бидат во согласност со уставот, со законите и со другите прописи и општи акти на Собранието.Прописите и другите општи акти на републичките органи на управата мора да бидат во согласност со уставот, со законите, со другите прописи и општи акти на Собранието, како и со прописите и другите општи акти на Извршниот совет.\nСтатутите на општините и околиите мора да бидат во согласност со уставот и со законите.Прописите и другите општи акти на општинските и околиските собранија и нивните органи мора да бидат во согласност со уставот, со законите и со другите прописи на републичките органи донесени на основа на закон.\nСтатутите и другите општи акти на работните и другите самоуправни организации мораат да бидат во согласност со уставот и со законите.\nОпштинското односно околиското собрание може да поништи или укине противуставен или незаконит пропис или друг општ акт на свој совет или орган на управата. Советот на општинско односно околиско собрание може да поништи или укине противуставен или незаконит пропис или друг општ акт на општински односно околиски орган на управата.\nСовет на околиско собрание може да го запре извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на советите на општинските собранија, а околиските органи на управата да го запрат извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на општинските органи на управата. Советот односно органот на управата се должни истовремено да побараат од општинското собрание да го поништи или укине прописот или актот на својот совет односно орган на управата во рок од триесет дена.Ако општинското собрание во определениот рок не го поништи односно укине прописот односно актот на својот совет или орган на управата, околиското собрание може да поведе постапка за оценување на неговата уставност односно законитост.\nИзвршниот совет има право, до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутот на околијата и на пропис или на друг општ акт на околискито собрание ако се во спротивност со уставот или со законите.Републичките секретаријати имаат право да го запрат извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на советите и органите на управата на околиските собранија и се должни да побараат истовремено од околиското собрание да го поништи или укине прописот односно актот во рок од триесет дена. Ако околиското собрание во определениот рок не го поништи или укине прописот односно актот, републичкиот секретар ќе го извести Извршниот совет.Околиското собрание има право, до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутот на општината и на пропис или друг општ акт на општинското собрание ако се во спротивност со уставот или со законите.\nАко околиското собрание не го запре извршувањето на статутот на општината и на пропис или друг општ акт на општинското собрание што е во противност со уставот или со законите во рок од триесет дена од денот на нивното објавување, запирањето ќе го изврши Извршниот совет.Ако советот или орган на управата на околиско собрание не го запре извршувањето на противуставен или незаконит пропис или друг општ акт на совет или орган на управата на општинското собрание во рок од петнаесет дена од нивното објавување, запирањето ќе го изврши соодветниот републички секретаријат.\nОпштинското собрание има право, до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутите и општите акти на роботна или друга самоуправна организација ако се во спротивност со уставот или со законите.Со закон може да се предвиди извршувањето на општите акти на определени работни и други самоуправни организации, под исти услови, да го запира друг орган на општината, околијата или Републиката.\nКога судот смета дека законот што треба да се примени не е во согласност со Уставот ќе му предложи на Врховниот суд на Македонија да поведе постапка за оценување на неговата согласност со Уставот.\nЗаконите и другите прописи и општи акти се објавуваат пред да влезат во сила.Законите и другите прописи и општи акти влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето.Само од особено оправдани причини може да се определи законот и друг пропис или општ акт да влезат во сила во рок покус од осум дена од денот на објавувањето.\nЗаконите и другите прописи на републичките органи се објавуваат на македонски јазик во &bdquo;Службен весник на Социјалистичка Република Македонија&ldquo;.Статутите и прописите на општините и околиите се објавуваат во службеното гласило што ќе го определи статутот на општината односно околијата.\nПрописите и другите општи акти не можат да имаат повратно дејство.Само со закон може да се определи одделни нивни одредби и прописи донесени на основа на такви одредби да имаат повратно дејство.Кривични дела, стопански престапи и прекршоци се утврдуваат и казните за овие дела се применуваат според законот што важел во времето кога е извршено делото, освен ако новиот закон е поблаг за сторителот.\nСите акти и мерки на органите на управата и на другите државни органи што вршат политичко-извршни и управни работи, како и актите што го донесуваат организациите во вршењето на јавни овластувања, мораат да се засноваат на закон или на друг законито донесен пропис.\nДржавните органи и организациите што вршат јавни овластувања можат да решаваат во поединечни предмети за правата и обврските или на основа на закон да применуваат мерки на присилба или ограничување, само според пропишана со закон постапка во која секому му е дадена можност да ги брани своите права и интереси и против донесениот акт да употреби жалба или друго со закон предвидено правно средство.Органите на управата можат да им налагаат обврски на одделни организации во поглед на нивната работа, само ако со закон се изречно овластени и во постапка пропишана со закон.\nПротив решанијата и другите поединечни акти на судските, управните и другите државни органи, како и против таквите акти на организациите што вршат јавни овластувања, донесени во прв степен, може да се изјави жалба до надлежниот орган.Со закон може, по исклучок, во определени случаи да се исклучи жалбата, доколку на друг начин е обезбедена заштита на правата и законитоста.\nЗа законитоста на конечните поединечни акти со кои државните органи или организациите што вршат јавни овластувања, решаваат за правата или обврските, решава судот во управен спор, доколку за определена работа со закон не е предвидена друга судска заштита.\nОпштествената заедница создава услови за укажување правна помош преку адвокатурата како самостојна општествена служба, како и преку други видови на правна помош.Државните органи и установите и организациите пред кои се води постапка се должни на странките да им укажуваат помош во остварувањето на нивните права.\nУставниот суд на Македонија:1) одлучува за согласноста на републичките закони со Уставот;2) одлучува за согласноста на прописите и другите општи акти на Извршниот совет со Уставот и со републичките закони;3) одлучува за согласноста на прописите на републичките органи на управата со Уставот, со републичките закони, со другите прописи и општи акти на Собранието, како и со прописите и другите општи акти на Извршниот совет;4) одлучува за согласноста на статутите на општините и околиите и прописите на општинските и околиските собранија и нивните органи со Уставот, со републичките закони и со другите прописи на републичките органи донесени на основа на закон;5) одлучува за согласноста на статутите и на другите акти на работните и другите самоуправни организации со Уставот, со републичките закони и со другите прописи, донесени на основа на закон;6) решава по споровите за правата и должностите помеѓу Републиката и општинте и околиите, помеѓу две или повеќе општини односно околии и помеѓу општина и околија, како и помеѓу нив и работните и другите самоуправни организации, ако за решавањето на овие спорови не е определена надлежност на друг суд;7) решава по споровите за надлежност помеѓу судовите и републичките, околиските и општинските органи;8) врши и други работи што му се ставени во надлежност со уставот и законите, во согласност со правата и должностите на Републиката.Уставниот суд на Македонија одлучува и за заштитата на правото на самоуправување и на другите основни слободи и права утврдени со Уставот на Југославија кога тие права и слободи ги повредиле со поединечен акт или дејство општинските, околиските или републичките органи и во други случаи определени со закон, а за кои не е обезбедена друга судска заштита.\nУставниот суд на Македонија ги следи појавите од интерес за остварување на уставноста и законитоста и на основа на тоа му дава на Собранието на Социјалистичка Република Македонија мислења и предлози за донесување на закони и за преземање на други мерки за обезбедување на уставноста и законитоста и за заштита на правото на самоуправување и другите слободи и права на граѓаните и организациите.\nПостапка за оценување уставноста и законитоста пред Уставниот суд на Македонија можат да поведат:1) Собранието на Социјалистичка Република Македонија;2) Извршниот совет, освен за оценување на уставноста на законите;3) Врховниот суд на Македонија, ако прашањето за уставноста и законитоста се појави во постапка пред судовите;4) републичкиот јавен обвинител, ако прашањето на уставноста и законитоста се појави во врска со работата на јавното обвинителство;5) општинско или околиско собрание или работна и друга самоуправна организација ако е повредено некое нивно право утврдено со Уставот;6) општинско собрание ако е во прашање согласност на статут, правилник или друг општ акт на работна и друга самоуправна организација со Уставот и законите.Постапка за оцена на уставноста и законитоста поведува Уставниот суд на Македонија и по сопствена иницијатива.Со закон може да се определи под кои услови другите државни органи, организациите и граѓаните можат пред Уставниот суд на Македонија да поведат постапка односно да даваат иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста.\nАко Уставниот суд на Македонија утврди дека републичкиот закон не е во согласност со Уставот, Собранието е должно во рок од шест месеци од денот на објавувањето на одлуката на Уставниот суд да го усогласи законот со Уставот.Ако Собранието не го изврши усогласувањето во овој рок, законот односно одредбите што не се во согласност со Уставот престануваат да важат, што Уставниот суд на Македонија го утврдува со своја одлука.Кога во случај на несогласност помеѓу одлуки на општинско или околиско собрание и републички закон, Уставниот суд на Македонија утврди дека републичкиот закон не е во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија ќе се одлучи, до донесувањето на конечна одлука, да не се применуваат одредбите на републичкиот закон што не се во согласност со Уставот.\nАко Уставниот суд на Македонија утврди дека некој пропис, освен закон, или некој друг општ акт не се во согласност со Уставот или со републички закон, ќе го поништи или ќе го укине таквиот пропис или акт односно одредбите што не се во согласност со Уставот или со законот.\nКога Уставниот суд на Македонија во постапката за оценување на уставноста и законитоста установи дека закон или друг пропис не е спротивен на Уставот или на републички закон, може по повод примената на овој пропис да ја утврди со одлука неговата смисла што одговара на Уставот или законот.\nУставниот суд на Македонија го сочинуваат претседател и шест судии.Претседателот и судиите на Уставниот суд се избираат за време од осум години и можат да бидат повторно избрани само уште за следниот период од осум години. Половината од судиите на Уставниот суд се избираат секоја четврта година.Претседателот и судиите на Уставниот суд не можат истовремено да бидат сојузни и републички пратеници, членови на Извршниот совет ниту функционери или службеници на органите на државната управа или на друг суд.Претседателот и судиите на Уставниот суд можат да бидат разрешени од должност пред истекот на времето за кое се избрани, согласно со закон, само ако сами побараат да бидат разрешени, ако бидат осудени за кривично дело на казна лишување од слобода, ако изгубат деловна способност или ако станат трајно физички неспособни за вршење на својата функција.Претседателот и судиите на Уставниот суд уживаат имунитет како и пратениците на Собранието.\nСо закон поблиску се определува надлежноста, постапката на Уставниот суд на Македонија и правното дејство на неговите одлуки.Уставниот суд самостојно ја уредува својата организација и работа.\n1.9.12 Глава XI: Преодни и завршни одредби\nЗа спроведување на овој Устав и за обезбедување на преминот на неговото применување ќе се донесе посебен уставен закон.\nОвој Устав го прогласува Народното собрание на Народна Република Македонија.\n2 Уставни амандмани на уставот на Социјалистичка Република Македонија\nПратениците во Сојузниот собор (Соборот на народите) Собранието ги избира на заедничка седница на сите собори од редот на пратениците. За пратеник во Сојузниот собор (Соборот на народите) Собранието може да избере и граѓанин што има избирачко право.Кандидати за пратеници во Сојузниот собор (Соборот на народите) предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата по сопствена иницијатива или по иницијатива од Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија. Кандидати можат да предложат и најмалку дваесет пратеници.Кандидатите за пратеници во Сојузниот собор (Соборот на народите) ги утврдува Собранието пред нивниот избор.Изборот на пратениците во Сојузниот собор (Соборот на народите) се врши со тајно гласање.За пратеник во Сојузниот собор (Соборот на народите) е избран кандидатот што добил мнозинство гласови на сите пратеници.Пратениците на Сојузниот собор (Соборот на народите) избрани од редот на граѓаните имаат право и должност да учествуваат во работата на Републичкиот собор со права на член на тој Собор, освен да учествуваат во одлучувањето и да бидат избрани во телата на Соборот и на постојани функции во Собранието.Пратениците на Сојузниот собор (Соборот на народите) како членови на Републичката делегација се должни да ги изнесат пред Соборот на народите мислењата и предлозите на Собранието по прашањата од делокругот на тој Собор. Овие пратеници го известуваат Собранието за прашањата што ги претресува Соборот на народите и можат да му предложат на Собранието да претресе определени прашања од делокругот на Соборот на народите.Собранието може да го отповика пратеникот што го избрало во Сојузниот собор (Соборот на народите). Пратеникот е отповикан ако за отповикувањето гласало мнозинството на сите пратеници.\nПредлог за именување и разрешување на републички секретари, секретар на Извршниот совет, републички јавен обвинител и други функционери и членови на органи на управување за кои тоа е определено со закон му поднесува на Собранието Комисијата за прашања на изборите и именувањата по претходно мислење на Извршниот совет. Извршниот совет може да поведе иницијатива за разрешување на некој од овие функционери и членови на органи на управување.Предлог за избор и разрешување на претседател и судии на Врховниот суд на Македонија и на другите судии кога е тоа определено со закон му поднесува на Собранието Комисијата за прашања на изборите и именувањата.Предлог за избор и разрешување на претседател и судии на Уставниот суд на Македонија му поднесува на Собранието Комисијата за прашања на изборите и именувањата.\nРепубличкиот јавен обвинител го именува и разрешува Собранието.Јавното обвинителство ги врши своите функции во примената на републичките закони во согласност со политиката на Собранието.\nРепубликата, во рамките на правата и должностите утврдени со сојузен закон, е одговорна за заштитата на поредокот утврден со Уставот на Југославија (Државна безбедност).\n1. Собранието го сочинуваат: Републички собор, како собор на делегати на граѓаните, Собор на општините, како собор на делегати на општините и Стопански собор, Просветно-културен собор и Социјално-здравствен собор, како собор на делегати на работните луѓе во работните заедници од соодветните области на трудот.Републичкиот собор има 100 пратеници, а Стопанскиот собор, Просветно-културниот собор и Социјално-здравствениот собор имаат по 60 пратеници што се избираат согласно нормата еден пратеник да се избира на еднаков број жители и во една или повеќе општини, како изборна единица, да се избира по еден пратеник за секој собор.Соборот на општините има двојно поголем број пратеници од бројот на општините и во него секоја општина избира по два пратеника.2. Пратеници за Републичкиот собор избираат непосредно граѓаните.Пратеници за Соборот на општините избира како општ собор собранието на општината.Пратеници за соборите на работните заедници избираат избрани тела составени од членовите на општинското собрание и делегати на работните заедници на работните организации и на другите облици на здружениот труд и делегати на други, со закон определени, заедници од соодветната област на трудот. Бројот на делегатите не може да биде помал од бројот на членовите на соборот на работните заедници на општинското собрание.Право да бидат избрани во соборите на работните заедници имаат членовите на работните заедници на работните организации и на другите облици на здружениот труд, членовите на органите на управување на работните организации и на другите облици на здружениот труд и членовите на органите на управување на здруженијата на работните организации од соодветната област на трудот.Ова право го имаат и членовите на другите заедници и членовите на органите на управувањето на тие заедници од соодветната област на трудот и граѓаните што се занимаваат со активност од соодветната област на трудот, а што ќе бидат определени со закон.Право да биде избран за пратеник во Соборот на општините има секој граѓанин што има избирачко право.3. Одредбата на член 159 став 1 од Уставот се применува и на членовите на Соборот на општините, а одредбата на член 159 став 2 се применува на членовите на сите собори на Собранието.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 125, 126, 127 и 128 став 2, 3 и 4 и член 129 од Уставот.5. Престануваат да важат одредбите од став 1-3 од Амандманот I.\n1. Работите од надлежноста на Собранието ги вршат надлежните собори рамноправно.Работите од надлежноста на Собранието, утврдени со одредбите на член 135, 136 и 137 од Уставот, рамноправно ги вршат Републичкиот собор и надлежниот собор на работните заедници.Републичкиот собор и Соборот на општините рамноправно:претресуваат прашања од областа на слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот во политичкиот систем; надворешната политика; народната одбрана; државната безбедност; внатрешната политика; системот на општественото самоуправување; правата и должностите на општината и другите општествено-политички заедници и други прашања од општествено-политичкиот систам; прашања за образувањето и укинувањето на општините и утврдувањето и менувањето на нивните подрачја; прашања од областа на правосудството; прашања од областа на општествената сопственост, земјишните и другите имотно-правни односи; прашања од областа на финансирањето на општествено-политичките заедници; прашања на просторното планирање; прашања од областа на комуналната и урбанистичката дејност и станбените односи; како и прашања од другите области до колку не спаѓаат во рамноправен делокруг на другите собори или во самостоен делокруг на друг собор;донесуваат закони и други акти во овие области;донесуваат републички буџет и завршна сметка;одлучуваат за измена на границите на Социјалистичка Република Македонија;даваат амнестија за кривични дела определени со републички закон;одлучуваат за продолжување мандатот на одборниците на општинските собранија;избираат, именуваат и разрешуваат претседатели и членови на колегијалните органи, републички функционери и членови на органите на управување на организациите што ги избира односно именува Собранието, освен функционери за кои со Уставот или со акт на Собранието е определено да ги избираат сите или одделни собири;ги остваруваат правата на Собранието во поглед на одговорноста на Извршниот совет и на функционерите што ги избира или именува Собранието и ги укинуваат или поништуваат прописите и другите акти на Извршниот совет што се во спротивност со Уставот или со законите;одлучуваат за надоместоците на функционерите што ги избира односно именува Собранието; вршат други работи од надлежноста на Собранието што не се ставени во рамноправен делокруг на други собори или во самостоен делокруг на друг собор.2. Соборот на општините, во рамките на својот делокруг, самостојно претресува и зазема ставови по прашања во врска со извршувањето на законите и другите акти на Собранието и други прашања од заеднички интерес за граѓаните во општината и другите самоуправни заедници заради усогласување на самоуправните односи и развивање на нивната меѓусебна соработка, како и по прашања од интерес за унапредувањето и развивањето на самоуправувањето во општината и организацијата и работата на општинските органи. Соборот на општините има право по овие прашања да им дава препораки на општините, самоуправните заедници и државните органи.3. Секој собор може во текот на претресувањето на закон или друг акт во чие донесување тој не учествува да им предлага на надлежните собори изменување или дополнување на законот односно актот, ако се однесува на прашање од особен интерес за работните луѓе од соодветната област на трудот односно на општините.Надлежните собори, ако не го усвојат овој предлог, можат да го донесат законот или другиот акт откако ќе се спроведе со Деловникот на Собранието утврдената посебна постапка за разгледување на спорното прашање од страна на надлежните собори и соборот што го поднел предлогот.Со Деловникот на Собранието се утврдува начинот на учеството на одделните собори на работните заедници односно на Соборот на општините во претресувањето на републичкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршувањето на буџетот. Со Деловникот на Собранието се утврдува и начинот на учеството на соборите на работните заедници во постапката за избор и именување односно разрешување на колегијалните органи, републичките функционери и членовите на органите на управување на организациите што ги избира односно именува Собранието, како и се определуваат правата на овие собори во разгледувањето и одлучувањето за тие прашања.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 134 став 1, 138 и 139 од уставот.\nПретседателот, потпретседателите и другите функционери на Собранието, како и членовите на работните тела на Собранието од редот на пратениците се избираат од редот на членовите на сите собори на Собранието.\n1. За разгледување предлози на закони и други акти и за проучување и претресување на други прашања од надлежноста на Собранието и ноговите собори, Собранието и соборите можат да се образуваат комисии, одбори и други постојани и повремени работни тела.Составот, задачите и начинот на работа на работните тела се утврдуваат со Деловникот и со одлуки на Собранието односно на соборите.Со Деловникот на Собранието на одделни работни тела на Собранието и на соборите можат да им се дадат овластувања да вршат анкети и сослушувања и за таа цел од државните органи и организации можат да ги бараат потребните податоци, списи и други исправи, како и други овластувања во вршењето на нивните задачи. Работните тела не можат да имаат истражни или други судски функции.2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 161-165 и на член 167 од Уставот.\n1. За измена на Уставот одлучуваат сите собори на Собранието во постапка утврдена со Уставот.Предлог за пристапување кон измена на Уставот можат да поднесат најмалку 30 пратеници, секој собор или Извршниот совет.По предлогот за пристапување кон измена на Уставот одлучуваат сите собори на посебни седници.Ако соборите ни по повторниот претрес не постигнат согласност, предлогот за пристапување кон измена на Уставот е усвоен ако со него се согласи Републичкиот собор и најмалку два други собора, од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата во однос на кои се предлага измената на Уставот.Ако ни по повторниот претрес не се постигне согласност меѓу Републичкиот собор и најмалку два други собора од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата во однос на кои се предлага измената на Уставот, предлогот за пристапување кон измена на Уставот не може повторно да се стави на дневен ред пред истекот на една година од денот на претресот.2. Врз основа на прифатениот предлог за пристапување кон измена на Уставот, текстот на нацртот на измената на Уставот го утврдува Републичкиот собор и го става на јавна дискусија.По спроведената јавна дискусија текстот на нацртот на измената на Уставот го претресуваат соборите на работните заедници и Соборот на општините, кои даваат и свое мислење за него.Откако ќе го добие мислењето од другите собори, Републичкиот собор го утврдува предлогот за измена на Уставот.Ако меѓу Републичкиот собор и другите собори не се постигне согласност за измена на Уставот, соборите образуваат заедничка комисија од еднаков број членови на секој собор на која ѝ се доверува составување на предлог за решавање на спорот.Ако во заедничката комисија не се постигне согласност или ако еден од соборите не го прифати текстот што го предложила комисијата, измената на Уставот е усвоена ако во истоветен текст е изгласана во Републичкиот собор и најмалку во други два собора од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата на кои се однесува предлогот за измена на Уставот.Измената на Уставот е усвоена во соборот ако за неа гласаат две третини од сите членови на соборот.Ако ни по два претреса едноподруго сите собори односно Републичкиот собор и најмалку два други собора, од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата на кои се однесува предлогот за измена на Уставот, не се согласат со измената на Уставот, предлогот не може повторно да се стави на дневен ред пред истекот на една година од денот на запирањето на претресот на предлогот.Ако по истекот на една година од денот на запирањето на претресот за измена на Уставот по повторниот предлог ни по два претреса едноподруго не се согласат со измената на Уставот сите собори односно Републичкиот собор и најмалку други два собора од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата на кои се однесува предлогот, сите собори на Собранието се распуштаат.3. Измената на Уставот ја прогласува Републичкиот собор.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 168-171 од Уставот.\n1. Членовите на сите собори на собранијата се избираат секои четири години.2. Никој не може повеќе од двапати едноподруго да биде член на исто собрание.3. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 54 став 2, член 55 став 1 и член 55 став 3 од Уставот.\n1. Остварувајќи го самоуправувањето, работните луѓе во работната организација како целина и во организациите на здружениот труд во нејзин состав ги определуваат прашањата по кои одлучуваат непосредно и му доверуваат определени функции на управување на работничкиот совет, односно според природата на дејноста на работната организација, на друг соодветен орган на управување, а определени извршни функции на нему одговорните колегијални и индивидуални органи што ги избира работничкиот совет. Работните луѓе во работната организација установуваат органи на управување на работната организација и организацијата на здружениот труд во нејзин состав, го определуваат нивниот делокруг и времето за кое тие органи се избираат и ги утврдуваат условите и начинот на нивниот избор, односно разрешување.Членовите на републичкиот совет односно на него соодветниот орган можат да бидат избрани најмногу на четири години.2. Директорот односно на него соодветниот орган на работната организација раководи со работењето на организацијата и ја застапува организацијата.Со статутот на работната организација се утврдуваат условите и начинот на именување и разрешување на директорот односно на соодветниот орган.3. Со закон може да се определи посебна постапка и начин на именување и разрешување на индивидуалниот извршен орган на работна организација што врши работи од посебен општествен интерес.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 64 став 1 и 2, 66 став 4-8, 68 и 69 од Уставот.\n1.Републиката, во рамките на правата и должностите утврдени со Уставот и со сојузни закони, е одговорна и за вршење на задачи и работи од областа на исклучивите права и должности на Федерацијата утврдени со Уставот на СФРЈ.2. За време на воена состојба или во случај на непосредна воена опасност, ако надлежните собори не можат да се состанат, Извршниот совет донесува уредби со законска сила по прашањата од надлежноста на Собранието. Овие уредби Извршниот совет му ги поднесува на Собранието на потврда штом тоа ќе се состане.Претседателството на Собранието за време на воена состојба или во случај на непосредна воена опасност, ако надлежните собори не можат да се состанат, ги врши работите во врска со изборот и разрешувањето на претседателот и членовите на Извршниот совет и именувањето односно изборот и разрешувањето на републичките секретари и другите републички функционери што ги именува односно избира и разрешува Собранието, како и работите во врска со мандатот и имунитетните права на пратениците.Претседателството на Собранието за време на воена состојба или во случај на непосредна воена опасност го сочинуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, претседателите на соборите, претседателот на Извршниот совет, претседателот на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија и претседателот на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.3. Во областите што не се уредуваат само со закон општините можат, во рамките на своите права и должности, самостојно да донесуваат прописи заради уредување на прашања и односи од интерес за општината. Во овие области може да се донесе закон само ако тоа го бара општиот интерес на Републиката. Прописите донесени во овие области општините се должни да ги усогласат со подоцна донесениот закон во срок од три месеци по влегувањето во сила на законот. Со денот на влегувањето во сила на тој закон престануваат да важат одредбите на прописите на општината што се однесуваат на прашањата уредени со законот.4. Изворите и видовите на приходи на општините и Републиката се уредуваат со закон.На општините и на Републиката им припаѓаат од личните доходи и други извори утврдени со закон, во согласност со начелото за распределба според трудот, средства за покривање на општествените потреби на нивното подрачје. Тие средства општините и Републиката самостојно ги утврдуваат и самостојно располагаат со нив, во согласност со закон.За да се обезбедат еднакви услови на работните луѓе и на работните организации во работењето и распределбата на општествениот производ и за да се остварат материјалните односи што се утврдени со општествениот план, со закон може да се определат граници во кои општините можат да ги определуваат своите приходи и други средства, освен приходите од личен доход.Ако овие услови и односи се битно нарушени, со закон може да се определат граници во кои општините можат да ги утврдуваат своите приходи и од приходите од личен доход.5. Во Социјалистичка Република Македонија судската функција ја вршат судови од општа надлежност и специјализирани судови што се основаат за одлучување за определени работи од судска надлежност.6. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 24 став 3, 116 став 2, 186 и 190 став 2 и 3 од Уставот.\n1. Со статутот на општината може да се образуваат повеќе собори на работните заедници на општинското собрание, како и да се утврди нивниот делокруг.Бројот на членовите на соборите на општинското собрание се утврдува со статутот на општината, во границите определени со закон.2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 87 став 2 и 3 од Уставот.3. Престануваат да важат член 85 став 2 и Оддел 3 на Глава IV со член 102 од Уставот.\n1. На подрачјата на кои живеат припадници на народностите, во јавниот и општествениот живот, јазиците и писмата на народностите се рамноправни со македонскиот јазик.Во општините на чие подрачје живеат припадници на народностите, одлуките и другите поважни акти на општинските собранија и на работните организации се објавуваат и на јазиците на народностите. Јавните настапи на овие подрачја се и на јазиците на народностите.Општествено-политичките заедници се грижат за развојот на школството, печатот, радиото, телевизијата и културно-просветната дејност на јазиците на народностите.2. Припадниците на народностите имаат, во согласност со закон, право на употреба на својот јазик во остварувањето на своите права и должности, како и во постапката пред државните органи и организациите што вршат јавни овластувања.3. Со закон и со статутот на општината се определуваат поблиски услови и постапка што обезбедуваат остварување на правата на припадниците на народностите, како и начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.Со општи акти на работните и други организации се утврдуваат начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 75 од Уставот.\n1. Социјалистичка Република Македонија е суверена национална држава на македонскиот народ и држава на турската народност и на другите етничките групи во неа, заснована врз сувереноста на народот и врз власта и самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе, и социјалистичката самоуправна демократска заедница на работните луѓе и граѓаните, на македонскиот народ и рамноправните со него албанска и турска народност и етнички групи.2. Со овој амандман се заменува член 1 став 1 од Уставот.\n1. Работните луѓе, македонскиот народ, народностите и етничките групи ги остваруваат своите суверени права во Социјалистичка Република Македонија, а во Социјалистичка Федеративна Република Југославија кога е тоа во заеднички интерес на работните луѓе, народите и народностите со договор на републиките и покраините утврдено со Уставот на СФРЈ.Во Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ, народностите и етничките групи, работните луѓе и граѓаните го утврдуваат општествено-економското уредување и општествено-политичкиот систем на Републиката и обезбедуваат и остваруваат: сувереност, национална слобода, независност, територијален интегритет на Републиката и народна одбрана; општествено самоуправување и социјалистички општествено-економски и политички односи; рамноправност на македонскиот народ, народностите, етничките групи и припадниците на другите народи на Југославија; солидарност и социјална сигурност на работните луѓе и граѓаните; уставност и законитост; заштита на поредокот утврден со уставот, јавна безбедност и општествена самозаштита; демократски слободи и права на човекот и граѓанинот; политичка, економска, културна и друга соработка на Републиката со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации како и соодветна грижа за македонската народност и Македонците во странство, во рамките на заеднички утврдената надворешна политика и меѓународните договори на СФРЈ; единство на југословенскиот пазар; услови за рамноправен развиток на Републиката; иницијатива за решавање на прашања од областа на стопанскиот, општествениот и културниот живот; го усогласуваат самоуправниот развиток; создавање услови за што понепосредно и поефикасно остварување на самоуправните права на работните луѓе и граѓаните; услови за ефикасно вршење на општествена и самоуправна контрола и за остварување на општествената одговорност; интеграција во сите сфери на општествениот живот во Републиката врз самоуправна основа; ги вршат сите други општествени работи од заеднички интерес за политичкиот, стопанскиот и културниот развиток на Републиката.3. Во Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ, народностите и етничките групи и работните луѓе и граѓаните заедничките интереси ги остваруваат:- непосредно во организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и во интересните заедници;- непосредно во месните заедници и во општините;- со самоуправно спогодување, општествено договарање и со здружување на организациите на здружениот труд, другите самоуправни организации и интересните заедници;- со непосредна соработка на општините;- преку републичките органи и организации;- со дејноста на општествено-политичките и другите организации и здруженијата на граѓаните;- со слободни и сестрани активности на граѓаните.4. Работните луѓе и граѓаните, во согласнот со Уставот на СРМ, утврдуваат со закон, самоуправна спогодба, општествен договор, статутот на општината, статутот на месната заедница, статутот на интересната заедница, статутот и самоуправната спогодба за здружување на организациите на здружениот труд и со други самоуправни општи акти кои заедничките интереси ги остваруваат во овие заедници и начинот на нивното остварување.5. Самоуправната положба и правата на работниот човек и на граѓаните во организациите на здружениот труд, во интересните и месните заедници, самоуправната положба на граѓаните во општината, слободното самоуправно здружување, активноста и творештвото на работните луѓе и граѓаните, рамноправноста на народностите и етничките групи и основните слободи и права на човекот и граѓанинот, утврдени со уставот, се основа, граница и насока за остварување на правата и должностите на Републиката и општината во вршењето на функциите на власта.6. Со овој амандман се заменува член 3 од Уставот.\n1. Македонскиот народ, народностите и етничките групи во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни и имаат исти права и должности.Општините и Републиката обезбедуваат народностите и етничките групи да бидат сразмерно застапени во општинските собранија и во Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како и да бидаат соодветно застапени во нивните органи.2. На секоја народност и етничка група ѝ се гарантира правото слободно да го употребува својот јазик, да ја изразува и развива својата култура и да основаат установи и организации што ѝ ги обезбедуваат овие права.Општините и Републиката се грижат за развојот на воспитувањето и образованието на јазиците на народностите, како и за развојот на печатот, радиото, телевизијата и културните дејности на јазиците на народностите и на етничките групи.Народностите и етничките групи имаат право да го употребуваат знамето на народноста односно на етничката група.3. Во местата во кои живеат народностите воспитувањето и образованието на припадниците на народностите се остварува во воспитни установи и училишта односно одделенија во кои воспитувањето и наставата се изведуваат на јазикот на соодветната народност.Со закон се уредуваат условите за основањето, организацијата и работата на воспитните установи и училиштата односно одделенијата во кои воспитувањето и наставата се изведуваат на јазиците на народностите.4. На подрачјата на кои живеат припадници на народностите, во јавниот и општествениот живот, јазиците и писмата на народностите се рамноправни со македонскиот јазик.Во општините на чие подрачје живеат припадници на народностите, одлуките и другите поважни акти на општинските собранија и на работните организации се објавуваат и на јазиците на народностите. Јавните натписи на овие подрачја се и на јазиците на народностите.5. Припадниците на народностите имаат право на употреба на својот јазик и писмо во остварувањето на своите права и должности, како и во постапката пред државните органи и организации што вршат јавни овластувања.6. Со закон и со статут на општината се определуваат поблиски услови и постапка што обезбедуваат остварување на правата на народностите и етничките групи, како и начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.Со општи акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации се утврдуваат начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.7. Во Собранието на Социјалистичка Република Македонија се образува комисија за меѓунационални односи.Комисијата го следи и разгледува остварувањето на рамноправноста на народностите и етничките групи и на другите нивни права утврдени со Уставот и со законите и предлага мерки за нивното остварување.8. Кога на дневен ред во соборите на Собранието е предлог на акт или друго прашање од интерес за рамноправноста на народностите и етничките групи, надлежниот собор, по барање од тело на Собранието или од најмалку 10 пратеници од надлежниот собор, ќе спроведе посебна постапка утврдена со Деловникот на Собранието за разгледување на таков акт или прашање и за одлучување по него.9. Припадниците на другите народи на Југославија што живеат во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни и имаат исти права и должности како Македонците, народностите и етничките групи.Припадниците на другите народи на Југославија имаат, во местата во кои живеат, право на воспитно-образовна и културна дејност на нивниот јазик, според условите утврдени со закон.10. Со овој амандман се заменуваат член 27 став 3, членовите 72, 73 и 74 од Уставот и Амандманот XIV.\n1. Основата на социјалистичките самоуправни односи ја чини општествено-економската положба на работниот човек во општествената репродукција која му осигурува, работејќи со средствата на репрудукцијата во општествена сопственост и решавајќи непосредно и рамноправно со другите работни луѓе во здружениот труд за сите работи на општествената репродукција во услови и односи на меѓусебна зависност, одговорност и солидарност, да го остварува својот личен материјален и морален интерес и правото да се користи со резултатите од својот труд и со придобивките на општиот материјален и општествен прогрес и врз таа основа што попотполно да ги задоволува своите лични и општествени потреби и да ги развива своите работни и други творечки способности.Заради обезбедување на ваква општествено-економска положба на работниот човек, на работниците им се гарантира, како нивно неотуѓиво право, врз основа на својот труд во основните организации на здружениот труд во кои се здружуваат и работат, како и во сите облици на здружување и деловна соработка на тие организации, да стекнуваат доход и да управуваат со работите и со средствата на општествената репродукција и да одлучуваат за доходот што, како дел од вкупниот општествен доход, го остваруваат во различни облици во здружениот труд и на здружување на средствата.Доходот остварен во кој и да е облик на здружениот труд и здружување на средствата им припаѓа во целост на основните организации на здружениот труд.Од доходот што основните организации на здружениот труд заеднички го остваруваат со здружување и со деловна соработка, на секоја од тие организации ѝ припаѓа делот што одговара на нејзиниот придонес во остварувањето на тој доход и тој е составен дел на доходот што основната организација на здружениот труд го остварува со своето вкупно работење и за кој работниците во неа одлучуваат непосредно врз основа на својот труд.Остварениот вкупен доход во основната организација на здружениот труд претставува материјална основа на правото на работникот да одлучува за условите на својот труд и за распределбата на доходот и да стекнува личен доход во согласност со начелото на распределба спрема трудот и со порастот на продуктивноста на неговиот и на вкупниот општествен труд.2. Основната организација на здружениот труд е основен облик на здружениот труд во кој работниците врз основа на својот труд непосредно и рамноправно ги уредуваат меѓусебните односи во работата, управуваат со работите и со средствата на општествената репродукција, одлучуваат за доходот и за другите прашања на својата општествено-економска положба.Работниците во секој дел од работната организација (претпријатие, установа и слично) што претставува работна целина во која резултатот од нивниот заеднички труд може да се потврди како вредност на пазарот или во работната организација и кој врз таа основа може самостојно да се изрази, имаат право таквиот дел да го организираат како основна организација на здружениот труд.Работниците на основната организација на здружениот труд во состав на работна организација имаат право својата основна организација на здружениот труд да ја издвојат и да ја конституираат како самостоја организација на начин предвиден со закон.Со организирање на основна организација на здружениот труд во состав на работна организација или со издвојување на основна организација на здружениот труд од составот на работната организација не можат да се повредат правата на работните луѓе во другите делови на таа организација, ниту интересите и правата на таа организација како целина што произлегуваат од меѓузависноста на работата или од заедничкиот труд со здружени средства, како ниту еднострано да се менуваат меѓусебните односи.3. Доходот го распоредуваат работниците во основната организација на здружениот труд за своите лични и заеднички потреби и за потребите на проширување материјалната основа на здружениот труд и за подигање на работната способност на работниците. Од доходот како резултат на нивниот заеднички труд во организацијата и на вкупниот општествен труд, остварен на пазарот и во целината на меѓусебните односи и врски во различни облици на деловна соработка и заедничко работење, на работниците им припаѓа за задоволување на нивните лични и заеднички потреби дел од тој доход што е сразмерен со нивниот труд и со придонесот за успехот и развојот на организацијата што тие го дале со својот труд.На секој работник во организацијата на здружениот труд му припаѓа, согласно со начелото за распределба според трудот, личен доход сразмерно со резултатите на неговиот труд и неговиот личен придонес за успехот и развојот на организацијата што тој го дал со својот вкупен, тековен и минат труд во неа.Резултатот од трудот и личниот придонес на работникот за успехот и развојот на организацијата на здружениот труд, покрај другите основи и мерила утврдени врз начелата на заемност и солидарност, се основа и мерило при одлучувањето за употребата на средствата издвоени во организациите на здружениот труд за нивните заеднички потреби.4. Работниците во основната организација на здружениот труд ги утврдуваат основите и мерилата за распоредување на доходот и за распределба на средствата за лични доходи во согласност со основите и мерилата утврдени со самоуправни спогодби и со општествени договори.Ако работниците не се придржуваат кон основите и мерилата утврдени со самоуправните спогодби или со општествените договори, односно ако такви спогодби или договори не се склучени, а со распоредувањето односно со распределбата се нарушува начелото на распределба според трудот или нормалниот тек на општествената репродукција, со закон можат да се утврдат мерки со кои се обезбедуваат односи што одговараат на тие спогодби или договори, односно мерки со кои се обезбедува рамноправност на работниците во примената на начелото на распределба според трудот.5. На секој работник во здружениот труд со општествени средства му се гарантира, врз основа на својот труд, да остварува личен доход и други права најмалку во височина односно обем што му ја обезбедува неговата социјална сигурност и стабилност. Височината на личниот доход и обемот на овие права, како и начинот на нивното остварување, се утврдуваат со самоуправна спогодба односно со општествен договор или со закон во зависност од општиот степен на продуктивноста на вкупниот општествен труд и од општите услови на средината во која работи и живее работникот.6. Со слободна размена на својот труд со трудот на работниците во организациите во областа на образованието, науката, културата, здравството и во другите општествени дејности, како дел од единствениот процес на општествениот труд, работните луѓе ги обезбедуваат своите лични и заеднички потреби во тие области. Со вакви односи им се обезбедува на работниците во тие дејности еднаква општествено-економска положба како и на работниците во другите организации на здружениот труд.Работниците во организациите на здружениот труд на општествените дејности и корисниците на нивните услуги основаат самоуправни интересни заедници и со самоуправни спогодби и договори ги утврдуваат меѓусебните односи, права и обврски.Самоуправни интересни заедници работните луѓе како корисници можат да основаат и за задоволување на одредени лични и заеднички потреби и за остварување на своите интереси врз основа на заемност и солидарност, утврдувајќи ги врз самоуправни основи своите заеднички и поединечни обврски спрема тие заедници и своите заеднички и поединечни права што се остваруваат во нив.Со закон можат да се утврдат: обврска за образување на самоуправни интересни заедници, начела за нивната организација и за меѓусебните односи на работниците од заинтересираните области на трудот, како и обврска за плаќање придонес на интересните заедници заради финансирање на нивната дејност врз начелата на солидарност и сразмерност на придонесите со личните доходи на работниците, односно со економската сила на другите обврзници.Самоуправните интересни заедници имаат својство на правно лице.7. Средствата распределени во основната организација на здружениот труд за проширување на материјалната основа на трудот, како дел од заедничките средства на општествената репродукција, служат за проширување на материјалната основа на трудот во таа организација и во општеството како целина, согласно со интересот на работниците во организацијата на здружениот труд да се користат во неа со тие средства или да ги здружуваат со средствата на други организации заради заедничка работа и работење.Со закон може привремено да се ограничи располагањето со дел од средствата на општествената репродукција кога е тоа неопходно заради спречување или остранување на поголеми пореметувања на пазарот, заради битни отстапувања од основните цели на утврдената стопанска политика или ако тоа го бараат интересите на народната одбрана.Со закон може да се утврди обврска за здружување на дел од средствата на општествената репродукција заради финансирање на определени неопходни потреби на општествената репродукција утврдени во општествениот план на Републиката. Висината на средствата, начинот на нивното користување, начинот и роковите за нивното враќање, како и правата и обврските на организациите на здружениот труд во управувањето со здружените средства се утврдуваат со закон.Законите од претходните два става се донесуваат со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието, по редовна постапка.8. Организациите на здружениот труд, во рамките на самоуправните спогодби и на општествените договори, и општините и Републиката, во рамките на своите права и обврски утврдени со уставот, се должни, во согласност со начелата на заемност и солидарност, да се грижат за економска и друга помош на организациите на здружениот труд што ќе дојдат во исклучителни економски тешкотии и да преземат мерки за нивна санација кога тоа е во општествен интерес.Организациите на здружениот труд сами или во рамките на самоуправните спогодби обезбедуваат, врз начелата на заемност и солидарност, средста за запослување, преквалификација и за остварување на други стечеин права на работниците, кога поради технолошки и економски причини ќе престане потребата од нивна работа во организацијата.Со закон можат да се утврдат одредени материјални обврски на организациите на здружениот труд за создавање на заеднички средства за остварување на задачите од претходните ставови.Законот од претходниот став се донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието.9. Заради задоволување на општите општествени потреби утврдени со Уставот што ги остваруваат во општините и Републиката, работниците плаќаат од доходот на основната организација на здружениот труд или од своите лични доходи врз основа на закон утврдени даноци за тие потреби.Обврските на работниците и на организациите на здружениот труд спрема општините и Републиката се утврдуваат во зависност од способноста на стопанството да го осигури задоволувањето на личните и заедничките потреби на работните луѓе и потребите на проширената репродукција во согласност со достигнатиот степен на продуктивноста на вкупниот општествен труд и со потребите на материјалниот и општествениот развој што одговараат на неговите можности и долгорочните интереси на развојот на производните сили на општеството, како и во зависност од способноста на организацијата на здружениот труд, во согласност со општите обврски на стопанството и со резултатите на трудот и успехот што го остварува, да ги осигури со уставот утврдените права на работниците.Ова начело се применува и во сите други случаи кога со закон, во рамките на правата и должностите на Републиката утврдени со уставот, привремено се ограничува располагањето со средствата со кои управуваат организациите на здружениот труд или се утврдува обврска за здружување на тие средства.10. Спрема организацијата на здружениот труд која не ги исполнува своите обврски утврдени со закон или со своето работење потешко ги оштети општествените интереси или го доведе во сериозна опасност вршењето на функцијата која е од особен општествен интерес или во која битно се нарушува остварувањето на самоуправните права на работниците, можат да се преземат посебни привремени мерки утврдени со закон, под услови и според постапка предвидени со закон.11. Со овој амандман се заменуваат членовите 14 и 15, член 42 став 3 и член 44 став 2 од Уставот.\n1. Својот труд и средствата на општествената репродуккција во основните организации на здружениот труд работниците слободно ги здружуваат во претпријатија, установи и во други работни организации или во други облици на здружениот труд, вклучувајќи ги и оние што вршат кредитни и банкарски работи и работи на осигурувањето, заради зголемување на доходот во основните организации на здружениот труд и унапредување и развивање на сопствениот и заедничкиот труд и работење и заради зголемување на производноста на вкупниот општествен труд.Меѓусебните односи во овие организации работниците ги уредуваат со самоуправна спогодба за здружување врз основа на рамноправност, обезбедувајќи го во целината на овие односи неотуѓивото право на работникот, врз основа на својот труд, да управува со работите и средствата на општествената репродукција и да одлучува за доходот што го остварува основната организација на здружениот труд во која работи.Статутите и другите општи акти на организацијата во која се здружени основните организации на здружениот труд не можат да бидат во спротивност со самоуправната спогодба за здружување.Основните и другите организации на здружениот труд се носители на правата и обврските што им припаѓаат врз основа на уставот, законот и самоуправната спогодба за здружување.2. Доходот што основните организации на здружениот труд заеднички го остваруваат со здружување на трудот и на средства и со деловна соработка со други организации во вид на камати на кредит или во друг вид, е составен дел на доходот што основните организации на здружениот труд го остваруваат со своето вкупно работење и им припаѓа на овие организации сразмерно со нивниот придонес во остварувањето на тој доход.3. На организацијата на здружениот труд која во своето работење се користи со здружени средства на други организации на здружениот труд што по тој основ имаат право на учество на нејзиниот доход мора, во рамките на основниот доход, да ѝ бидат обезбедени средства за лична и заедничка потрошувачка на работниците, како и средства за проширување на материјалната основа на трудот според нејзиниот придонес во заедничките резултати од трудот.Мерилата за утврдување на средствата за лична и заедничка потрошувачка на работниците и на придонесот во заедничките резултати на трудот се одредуваат со договор во согласност со единствените начела за здружување на средствата утврдени со сојузен закон, како и со самоуправна спогодба и општествен договор за овие мерила.Со здружување на средства не можат да се стекнат никакви сопственички или други трајни права. Правото на учество во доходот на друга организација по основ на здружување на средства гасне, кога, во согласност со единствените начела за здружување на средствата и во согласност со договорот, се вратат односно амортизираат средствата со чие здружување е стекнато ова право. Други заемни права и обврски по основ на здружување на средства се остваруваат согласно со договорот.4. Организациите на здружениот труд можат средствата на општествената репродукција да ги вложуваат во странство и да се користат со средства на странски лица, под условите и во границите утврдени со сојузен закон.Правата на странското лице над средствата што ги вложува во организацијата на здружениот труд во земјата не можат по склучувањето на договорот да се намалат со закон или со друг акт.5. Заради проширување на материјалната основа на трудот, организациите на здружениот труд можат да собираат парични средства од граѓаните и да им обезбедат, покрај враќањето на овие средства, и надоместок за вложените средства во вид на камата или и други погодности.6. Меѓусебните кредитни односи на организациите на здружениот труд и нивните односи со други лица во рамките на кредитниот систем се уредуваат во согласност со единствените начела утврдени со сојузен закон.Со договорите за меѓусебните кредитни односи меѓу организациите на здружениот труд и за нивните односи со други лица во рамките на кредитниот систем не можат покрај обврските за условите за користење и враќање на кредитот во границите определени со закон, да се утврдуваат и други обврски со кои се ограничуваат правата на работниците утврдени со уставот.7. Заради остварување на заедничките интереси во обезбедувањето на парични средства за вршење и проширување на својата дејност, организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, општините и Републиката можат со договор да основаат банки како посебни организации на здружениот труд за вршење на кредитни и други банкарски работи.Организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, општините и Републиката, како и други општествени правни лица што ги здружуваат своите средства во банка, управуваат со работите на банката согласно со договорот за основање на банката и со статутот на банката што се донесува во согласност со тој договор.Средствата што ги остварува банката со своето работење, по издвојувањето на делот за здоволување на личните и заедничките потреби на работниците што работат во банката и за унапредување на материјалната основа на нивниот труд, се распоредуваат меѓу општествените правни лица што ги здружиле своите средства во банката, согласно со статутот на банката.Од делот на средствата што се здружуваат во банката и од делот на распределените средства остварени со работењето на банката, се образува резервен фонд на банката.Средствата што се распределуваат од доходот на банката можат да се оданочуваат само како приход на лицата на кои им се распределени и врз основа на прописите и во корист на општествено-политичката заедница на која и се плаќа данок од доходот на тие лица.Работењето на банките што се однесува на собирањето на штедните влогови на граѓаните, на правата и обврските на банките во врска со тоа работење, како и правата на граѓаните врз основа на своите штедни влогови, покрај договорената камата, да стекнуваат и други права, се уредуваат со закон, во согласност со единствените начела на кредитниот систем.8. Организациите на здружениот труд, интересните заедници, општините и Републиката и другите општествени правни лица што ги здружуваат своите средства во осигурителни и во други парични организации, имаат во поглед на управувањето со тие организации и во поглед на распределбата во начело исти права како и општествените правни лица што ги здружуваат своите средства во банка.Правата на граѓаните - осигуреници на учеството во управувањето, како и другите нивни права, се утврдуваат со статутот во согласност со закон.Организациите на здружениот труд, интересните заедници, општините и Републиката и другите општествени правни лица имаат во организациите на здружениот труд што се занимаваат, освен со други дејности, и со банкарско или слично работење заради стекнување на доход, во начело исти права како и општествените правни лица што здружуваат средства во банка, и тоа во делот што се однесува на тоа работење.Основањето и работењето на организациите на здружениот труд што се занимаваат со работи на прометот на стоки и услуги се уредува во согласност со начелата на здружениот труд и самоуавувањето, на меѓусебното влијание врз деловната политика во рамките на нивната соработка со производните и други организации, на заедничкото преземање на ризик и на заедничката одговорност за проширување на материјалната основа и за зголемување на продуктивноста на трудот во производството и во стоковниот промет, како и на соодветното учество во доходот остварен со оваа соработка.9. За развивање на меѓусебна соработка, усогласување на своите планови и развојни програми, за подигање продуктивноста на трудот и организирано застапување на интересите, како и за извршување на други работи од заедничи интерес, организациите на здружениот труд можат да се здружуваат во комори и други видови здруженија.Со закон може да се пропише задолжително здружување на организациите на здружениот труд во комори, условите за формирање и начелата за нивната организација.10. Со закон може да се предвиди задолжително здружување на работните организации во деловни заедници кога тоа го бара технолошкото единство на системот во одделни области и ако е тоа од интерес за Републиката.11. Со овој амандман се заменува член 45 став 4 од Уставот.\n1. Со самоуправна спогодба работниците на основните и други организации на здружениот труд и интересните заедници ги усогласуваат меѓусебните интереси во општествената поделба на трудот и во општествената репродукција, ги утврдуваат основите и критериумите според кои тие ги усогласуваат своите посебни интереси со заедничките интереси и ги утврдуваат меѓусебните права и одговорности и мерките за нивното остварување.Самоуправната спогодба ја обврзува организацијата на здружениот труд и интересната заедница што ја склучила или пристапила кон неа.Основните и други организации на здружениот труд и интересните заедници што сметаат дека со самоуправна спогодба на други организации на здружениот труд се повредени нивните интереси, можат да поведат постапка за преиспитување на самоуправната спогодба на начин утврден со закон.2. Со општествен договор организациите на здружениот труд и нивните општи асоцијации, интересните заедници, општините, Републиката, синдикатите и други општествено-политички организации и други самоуправни и општествени организации обезбедуваат и остваруваат самоуправно усогласување и уредување на општествено-економските и други односи од заеднички или општ интерес.Општествениот договор ги обврзува организациите и заедниците што го прифатиле.Општините и Републиката, во рамките на своите права и должности, можат со закон односно со друг општ акт да утврдат дека општествениот договор е општо задолжителен.3. Постапката за склучување и спроведување на самоуправната спогодба и на општествениот договор се заснова врз начелата на јавност и рамноправност на учесниците на спогодувањето и договарањето.Со самоуправната спогодба и со општествениот договор се утврдуваат мерките за нивното спроведување и материјалната и општествената одговорност на учесниците на спогодувањето и договарањето.4. Со закон може да се пропише обврска за започнување на постапка за склучување на самоуправна спогодба и општествен договор и да се утврдат начелата на таа постапка.\n1. Се гарантира слободата на самостојниот личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓаните кои вршат земјоделска, занаетчиска, угостителска, туристичка, превознича, како и со закон определена друга стопанска или нестопанска дејност, кога вршењето на дејноста со личен труд одговара на начинот, материјалната основа и можностите на личниот труд.Работните луѓе што вршат таква дејност имаат во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работните луѓе во организациите во здружениот труд.Со закон се уредуваат условите за вршење на дејност со самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓаните и сопственичките права над средствата на трудот и на деловните простории за вршење дејности со личен труд, во сопственост со правата на граѓаните гарантирани со уставот.2. Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат, согласно со договорот и законот, меѓусебно да го здружуваат својот труд и своите средства на трудот во задруги и во слични организации и во нив заеднички да располагаат со доходот од заедничкиот труд.Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат, согласно со договорот и законот, својот труд и средствата на трудот да ги здружуваат со организации на здружениот труд во различни облици на кооперација и на други видови деловна соработка и, во рамките на таа соработка, да учествуваат во управувањето со заедничките работи и во распределбата на доходот остварен со оваа соработка.Работните луѓе кои со личен труд самостојно вршат уметничка или друга културна, истражувачка, професионална, спортска или друга слична дејност можат, согласно со договорот и законот, својот труд да го здружуваат со организации на здружениот труд во различни облици на деловна соработка и во рамките на таа соработка да учествуваат во управувањето со заедничките работи и во распределбата на доходот остварен со оваа соработка.3. Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат, кога за вршење на таквата дејност е потребен дополнителен труд на други лица, да запослуваат други лица врз основа на договор во обем определен со закон.Договорот за запослување го склучуваат работните луѓе кои запослуваат работници и овие работници во согласност со колективниот договор што го склучуваат синдикалната организација и соодветната комора односно друга опшата асоцијација во која се претставени работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд. Со тој колективен договор на овие работници им се обезбедуваат права сходно со одредбите на точка 3 став 2 и 3 и точка 5 од Амандманот XVIII.4. Работниот човек што самостојно врши дејност со личен труд може својот труд и средствата на трудот да ги здружува со трудот на други лица во посебни организации на здружениот труд што се утврдуваат со закон.Работниот човек кој го здружува својот труд и средствата на трудот со средствата на други лица може, врз основа на сопственичкото право, самостојно да располага само со оној дел од доходот остварен во посебната организација на здружениот труд кој му припаѓа по основ на средствата вложени во оваа организација над кои има право на сопственост, а во согласност со начелата што важат за здружување на трудот и на општествените средства во организациите на здружениот труд.Другиот дел од доходот, по издвојување на личните доходи на здружените работници и на работниот човек кој го здружил со нив својот труд и средствата на трудот, а кои им припаѓаат врз основа на трудот, е општествена сопственост и тие управуваат и располагаат со него согласно со уставните начела за самоуправувањето.На работниот човек кој својот труд и средствата на трудот ги здружува со трудот на други лица во посебна организација на здружениот труд, му се гарантира правото на сопственост над средствата што ги внел во организацијата, како и правото, согласно со договорот и со законот, да раководи со работењето на организацијата и да учествува во остварувањето на доходот врз основа на резултатите од неговиот труд и по основ на вложените средства во оваа организација над кои има право на сопственост.5. Со закон се определува кога самостојното вршење на дејноста со личен труд со користење на дополнителен труд на други лица од точка 3 на овој амандман, кој ги надминува границите на дозволениот со закон доплнителен труд на други лица, мора да се организира како посебна организација на здружениот труд според начелата од точка 4 на овој амандман.6. Земјоделските производители кои својот трудот и своите средства на трудот ги здружуваат во задруга или слична организација управуваат во задругата, односно сличната организација и во нив заеднички располагаат со доходот од заедничкиот труд.На работниците што работат во организациите од претходниот став им припаѓаат врз основа на нивниот труд, според договорот во согласност со уставот и законот, определени права во управувањето со организацијата и располагањето со доходот остварен во неа.Земјоделските производители кои својот труд и средствата на трудот ги здружуваат со организациите на здружениот труд, задруги или слични организации во различни видови на кооперација и други видови на деловна соработка, во рамките на таа соработка, учествуваат рамноправно со членовите на работната заедница на организацијата во управувањето со заедничките работи и соодлучуваат за распределбата на заеднички остварениот доход.Задругите и другите слични организации во кои земјоделските производители го здружуваат својот труд и средствата на трудот со трудот на други лица, се организираат како плсебни организации на здружениот труд во согласност со точка 5 од овој амандман.Земјоделските производители го задржуваат правото на сопственост врз средствата што ги здружуваат во задруга или друга слична организација, доколку со договорот не е поинаку определено.За отуѓување на средствата создадени со заеднички труд на земјоделските производители, за здружување во задруга или слична организација или за нејзино припојување кон друга организација односно за ликвидација на оваа организација е потребна согласност на здружените земјоделски производители.7. Со закон може да се утврди дека во ридско-планинските краишта најголемата површина на обработливо земјоделско земјиште по домакинство на кое земјоделците имаат право на сопственост, може да биде поголема од површината утврдена во член 19 став 2 од Уставот на СРМ.8. Со овој амандман се заменуваат член 17 и член 43 став 1, 2 и 3 од Уставот.\n1. Дејностите односно работите што се неопходен услов за задоволување на секојдневните основни потреби за живот и работа на граѓаните и на другите корисници, како и дејностите односно работите што се од посебно значење за Републиката (комунални дејности, производство и пренос на електрична енергија, ПТТ сообраќај, железнички сообраќај, изградба и одржување на патиштата и водостопанска дејност) се од посебен општествен интерес.Организациите на здружениот труд што вршат дејности или работи од посебен општествен интерес се должни да обезбедат трајно и непречено вршење на дејностите односно на услугите, а во случај на прекин или нередовно вршење на дејноста односно на услугата се должни да им ја надоместат на корисниците штетата, кога е тоа предвидено со закон.2. Начинот и условите на вршење на дејностите односно работите од посебен општествен интерес и меѓусебните права и обврски на организациите на здружениот труд што што ги вршат тие дејности односно работи и корисниците на нивните услуги се утврдуваат со општествен договор меѓу организациите на здружениот труд, интересните заедници и корисниците на услугите, општината или Републиката, односно со самоуправна спогодба.Ако надлежниот орган на Републиката врз основа на закон, односно општината врз основа на свој пропис определи дека организацијата на здружениот труд е должна дејноста односно работите да ги врши на сите или на определени корисници по цена која е пониска од цената формирана според пропишаните мерила односно од пазарната цена, општината односно Републиката е должна да изврши соодветно надоместување на организацијата на здружениот труд. Висината и начинот на ова надоместување се утврдува со меѓусебен договор.3. Како дејности од посебен општествен интерес се и дејностите од областа на образованието, науката, културата, јавното информирање, заштитата на здравјето, социјалната заштита и другите општествени служби.Начинот и условите на вршењето на дејностите од претходниот став се уредува со закон.4. Со закон можат да се прогласат за дејности од посебен општествен интерес и други дејности.5. Со закон и со пропис на општината можат да се предвидат посебни права и должности на Републиката и општината и на нивните органи во поглед на надзорот над вршењето на дејноста односно работата од посебен општествен интерес.\n1. Заеднички општествен интерес на граѓаните, организациите на здружениот труд, општините и Републиката е да се обезбедат услови за најцелосходно искористување и зачувување на природата и природните богатства, заштитата на земјиштето од ерозија и, напоредно со стопанскиот и општествениот развој, да се создаваат услови за рационален просторен распоред на населбите, стопанските и другите објекти, како и за спречување на штетните последици за здравјето и животот на луѓето предизвикани со современиот начин на производство, технологија и промет.Со закон се уредува спречувањето на загадувањето на воздухот, водата и земјиштето, спречувањето на штетната бучава и заштитата на животинскиот и растителниот свет.2. Рентата што се создава на земјиштето со вложување на општествени средства за негово користење за градежни, комунални или стопански намени му припаѓа на општеството и, по правило, се корсти за уредување на просторот.Рентата се утврдува, се зафаќа и се насочува со прописи на општините донесени врз основа на закон.3. Со закон може да се уредува зафаќање и насочување на другите видови рента што не е резултат на вложувања на сопствениците или корисниците на недвижностите (рудно богатство, шуми, води).\n1. Заради остварување на единството на југословенскиот пазар, Социјалистичка Република Македонија на својата територија обезбедува:- на организациите на здружениот труд, на нивните здруженија и на работните луѓе рамноправни услови за вршење на нивните дејности и за стекнување на доход, како и за основање и здружување на тие организации;- слободно движење и здружување на трудот и на средствата на репродукцијата и слободна размена на стоки и други услуги, научни резултати и стручни искуства;- слободен натпревар на пазарот, самоуправно спогодување и општествено договарање заради унапредување на производството и прометот и интегрирање на општествениот труд;- спречување да се стекнат предимства врз основа на монопол на пазарот и други општествено и економски неоправдани предимства;- слободно запослување на граѓаните под истите услови што важат во местото на запослувањето;- признавање на правата по основ на трудот без оглед на тоа каде се стечени во СФРЈ.2. Противуставен е секој акт и секое дејство што се спротивни на точка 1 од овој амандман.\n1. Заради обезбедување на општи услови за општествениот и економскот развиток, врз основа на заеднички утврдените и усогласени интереси на сите фактори на општествениот и економскиот живот по пат на самоуправни спогодби и општествени договори, Републиката го насочува општиот развиток, го усогласува развитокот на стопанството и општествените дејности и се грижи за усогласување на развитокот на сите подрачја на Републиката, и за таа цел донесува општествени планови и програми.Со општествениот план и програмите за развиток, Републиката ги утврдува и вкупните биланси и основните пропорции во распределбата на општествениот производ и презема други мерки на економската политика заради остварување на општествениот план.2. Заради спроведување на економската политика и остварување на општествениот план, републичките органи во рамките на своите овластувања, донесуваат прописи и мерки кои се неопходни за усогласување на односите помеѓу одделни дејности, за остварување на политиката за распределба на општествениот производ, за примена на мерките и прописите за единствениот пазар, за унапредување на одделни стопански области, за остварување на кредитно-монетарната политика и политиката на цени, како и мерки за остранување на пореметувањата на пазарот и за спречување создавањето на монополи или други односи насочени кон стекнување на материјални или други предности што не се засновани врз начелата на рамноправни односи во работењето, или со кои се нарушуваат самоуправните права и рамноправноста на другите организации на здружениот труд, или се нанесува штета на општите општествени интереси.Надлежните републички органи подготвуваат и им ставаат на располагање на организациите на здружениот труд информации неопходни за планирањето.3. Заради остварување на плановите на општествено-економскиот развиток, Републиката, во рамките на своите права и должности, пропишува одредени кредитно-монетарни мерки и ја насочува употребата на средствата на Народната банка на Македонија и заштедите на граѓаните.Во остварувањето на развојната политика на Републиката можат да се пропишуваат даночни олеснувања и ослободувања.4. Организациите на здружениот труд можат, заради остварување на целите утврдени во општествениот план, да здружуваат средства на општествената репродукција за учество во финансирањето на:- изградбата и одржувањето на сообраќајните, енергетските, водостопанските и други стопански објекти од значење за Републиката;- развојот на недоволно развиените краишта;- обезбедувањето на стоковни резерви;- научно-испитувачката дејност;- развојот на одделни општествени дејности од значење за Републиката;- помагањето на организациите на здружениот труд од значење за Републиката кои трајно ќе се најдат во тешки економски услови.Здружувањето на овие средства се врши со самоуправно спогодување и општествено договарање. Доколку не се постигне општествен договор за здружување на средствата, а Собранието, откако оцени дека е тоа од општ општествен интерес и дека одредени цели не можат да се остварат на друг начин, ќе донесе закон за здружување на средствата. Овој закон се донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието, по редовна постапка.Со општествениот договор, самоуправната спогодба или со законот за здружување на средствата се утврдуваат изворите и намената и се пропишува начинот на управувањето, располагањето и учеството на делегираните претставници на организациите на здружениот труд во управувањето на здружените средства.Собранието, во согласност со развојната политиката на Републиката, ја следи употребата на средствата и врши надзор над таа употреба.5. Со овој амандман се заменува член 110 од Уставот.\n1. Народната банка на Македонија како установа на единствениот монетарен систем на Југославија, во рамките на заедничката емисиона политика, ги утврдува условите и начинот на користење на паричните средства во Републиката и презема други мерки за остварувањето кредитната политика на Републиката.Народната банка на Македонија, во рамките на своите права и должности, е одговорна за стабилноста на валутата, за општата ликвидност на плаќањето и за спроведување на заеднички утврдената монетарна политика.2. Народната банка на Македонија самостојно ги применува мерките со кои се остваруваат целите и задачите на кредитно-монетарната политика. Деловните банки се должни да се придржуваат кон одлуките што ги донесува Народната банка на Македонија заради остварувањето на таа политика.3. Народната банка на Македонија во согласност со закон врши определени финансиско-технички работи за општествено-политичките заедници.4. Со работите на Народната банка на Македонија раководат Гувернерот и Советот на Народната банка на Македонија, што ги именува Собранието.Гувернерот и Советот за работата на Банката одговараат пред Собранието.5. Статусот на Народната банка на Македонија се утврдува со закон.\n1. Службата на општественото книговодство врши, во согласност со законот, евиденција и информативно-аналитички работи за располагањето со општествените средства, како и контрола на располагањето со тие средства и контрола на извршувањето на обврските што со закон или пропис донесен врз основа на закон, со самоуправна спогодба или со општествен договор, се востоновени за корисниците на општествените средства. Таа го следи користењето на општествените средства и извршувањето на општествените обврски и за тоа ги известува организациите на здружениот труд, органите на Републиката и на општините, како и другите корисници на општествени средства и укажува на потребата за преземање соодветни мерки.Работите на платниот промет во Републиката ги врши Службата на општественото книговодство, во согласност со сојузен закон.2. Службата на општественото книговодство соработува со организациите на здружениот труд и со другите корисници на општествени средства во организирањето на нивната внатрешна контрола на финансиското и материјалното работење.Службата на општественото книговодство може да се задолжи со закон да врши и други задачи.Службата на општественото книговодство работи според законот и во извршувањето на работите од својата надлежност е самостојна.\n1. Заради задоволување на општите општествени потреби што ги остваруваат во општината односно во Републиката работниците плаќаат од доходот на основната организација на здружениот труд или од своите лични доходи, а граѓаните од своите лични доходи и од другите приходи од имоти и имотни права плаќаат даноци, такси и други давачки.2. Системот, изворите и видовите даноци, такси и други давачки се утврдуваат со закон.Работните луѓе, граѓаните и основните организации на здружениот труд учествуваат во задоволувањето на општите општествени потреби според принципот оној што остварува поголем доход сразмерно повеќе да учествува во задоволувањето на тие потреби.3. Општините и Републиката самостојно ја утврдуваат висината на даноците, таксите и другите давачки што според законот се нивни приходи и располагаат со нив.За изедначување условите на стопанисување и за усогласен развој на Социјалистичка Република Македонија, Републиката, општините и самоуправните интересни заедници ги усогласуваат обврските на организациите на здружениот труд, работните луѓе и граѓаните.4. Заради обезбедување во основа еднакви услови и можности за стопанисување на работните луѓе и на основните организации на здружениот труд во работењето и во распределбата на општествениот производ и заради остварување на материјалните односи што се утврдени со општествениот план, или кога тоа го бараат интересите на народната одбрана или други вонредни потреби во Републиката, со закон може да се пропише:- граници до кои општините и интересните заедници можат да ги утврдуваат своите приходи од доходот на организациите на здружениот труд и од данокот на промет и услуги;- обврска на организациите на здружениот труд, интересните заедници, општините и Републиката, да образуваат резервни општествени средства;- привремена забрана во располагањето со определени општествени средства од страна на интересните заедници, општините и Републиката; и- интересните заедници, општините и Републиката определени свои средства да го орочуваат за цели определени со закон.5. Со меѓусебни договори со другите републики и автономните покраини, Социјалистичка Република Македонија ги усогласува основите на даночната политика и даночниот систем, кога е тоа нужно за обезбедување на единството и стабилноста на југословенскиот пазар.6. Со овој амандман се заменуваат член 81 став 1 од Уставот и одредбите на точка 4 од Амандманот XII.\n1. Социјалистичка Република Македонија ги има следните права и должности:1) го штити суверенитетот и уставниот поредок;2) обезбедува услови за остварување и развој на самоуправните социјалистички општествени односи;3) обезбедува заштита и услови за остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот; се грижи за остварување правата на работните луѓе утврдени заради обезбедување на нивната социјална сигурност и стабилност;4) ги штити самоуправните права на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и на општините и се грижи за нивното остварување;5) го обезбедува остварувањето на рамноправноста на македонскиот јазик, народностите и етничките групи и припадниците на другите народи на Југославија;6) ја утврдува општата политика за усогласен стопански и општествен развој на Републиката и за развојот на недоволно развиените краишта, како и се грижи за нејзиното остварување;7) се грижи за усогласеноста на правниот систем на Републиката;8) обезбедува уставност и законитост;9) го остварува учеството и одговорноста на Републиката во утврдувањето и спроведувањето на политиката на Федерацијата;10) соработува со органите и организациите на другите социјалистички републики и на социјалистичките автономни покраини;11) соработува со органи и организации на другите држави и со меѓународни органи и организации; се грижи за остварувањето на интересите на Републиката во областа на односите со странство и во меѓународната политика, во рамките на заеднички утврдена надворешна политика и меѓународните договори на СФРЈ; ја усогласува и насочува соработката на општините, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации со соодветните странски и меѓународни органи и организации и со административни единици на странски држави;12) ја поттикнува и помага соработката на општинските собранија и нивните органи, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации, интересните заедници, стручните и другите здруженија со соодветните органи и организации на другите социјалистички републики и на социјалистичките автономни покраини;13) ја организира државната безбедност и ја насочува нејзината работа;14) се грижи за организирањето на јавната безбедност во Републиката и ја усогласува работата на службите за јавна безбедност на општините;15) се грижи за функционирањето на општествената самозаштита;16) ја организира народната одбрана;17) ја врши судската функција и го организира правосудството;18) ја обезбедува посебната заштита на борците од Народноослободителната војна, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци; заштитата на борците од Илинденското востание и другите национално-ослободителни борби на Македонија; заштитата на борците за демократски права и слободи и на учесниците во антифашистичката борба, на жртвите од фашистичкото насилство и трудовите и другите инвалиди;19) ги обезбедува основните права од социјалната заштита;20) се грижи за рационалното искористување на просторот, за утбанистичкото уредување и за заштитата на природата;21) се грижи за развитокот и единството на системот на воспитувањето и образованието и за изедначување на условите за образование во Републиката; учествува во обезбедувањето за услови на развитокот на одделни видови средно образование; учествува во обезбедувањето на услови за развитокот на високото школство;22) се грижи и учествува во обезбедувањето на услови за развитокот на науката и научно-испитувачката работа;23) се грижи и учествува во обезбедувањето на услови за развитокот на културата, а учествува во обезбедувањето на услови за унапредување на културните дејности од општ интерес за Републиката;24) се грижи за развитокот на здравствената заштита и презема мерки од општ интерес за Републиката во оваа област;25) се грижи за развитокот на физичката култура;26) се грижи за развитокот на техничката култура;27) се грижи за развитокот на социјалната заштита;28) се грижи за развитокот на детската заштита;29) се грижи за развитокот на општествените средства за јавно информирање;30) основа републички органи и организации од општ интерес за Републиката и се грижи за нивното функционирање;31) се грижи за извршувањето на републичките и сојузните закони и други прописи на подрачјето на Републиката и, доколку е овластена со закон, непосредно ги извршува;32) врши и други права и должности утврдени со уставот.2. Правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија ги остваруваат републичките органи и организации во рамките на нивната надлежност определена со Уставот на СРМ и со законите.3. Во остварувањето на правата и должностите на Републиката учествуваат и општините во согласност со Уставот на СРМ.4. Во остварувањето на своите права и должности Републиката се потпира на соработката со општествено-политичките организации, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации.5. Со овој амандман се заменува член 109 од Уставот.\n1. Во остварувањето на правата и должностите на Републиката утврдени со Уставот на СРМ, републичките органи ја утврдуваат политиката и донесуваат закони и други акти.2. За уредување на работи од заеднички интерес за работните луѓе и граѓаните, Собранието донесува закони што се однесуваат на:1) системот на општественото планирање, општествениот план на Републиката, системот на регионалниот развој, развојот на недоволно развиените краишта и кредитирањето на нивниот побрз развој, како и мерките за остварување на политиката за општествениот развој на Републиката; системот на просторното и урбаничкото планирање; насочувањето на распределбата на доходот во организациите на здружениот труд; работните односи и заштитата при работата; самостојниот личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓаните; правната положба на организациите на здружениот труд и условите за вршење на определени дејности; задолжителното здружување во комори, како и во деловни заедници кога тоа го бара технолошкото единство на системот во одделни области и ако е тоа од интерес за Републиката; републичките стокови резерви заради обезбедување потребите на Републиката во случај на војна и во други вонредни прилики или заради обезбедување стабилноста на пазарот во случај на поголеми растројста на пазарот;2) финансирањето на Републиката и општините; придонесите, даноците, таксите и другите давачки; системот на буџетите и јавните зајмови; републичките фондови; Народната банка на Македонија; службата на општественото книговодство во Републиката; кредитниот и банкарскиот систем; системот на осигурување на имотот и лицата;3) користењето на земјиштето, шумите и другите природни богатства и природните сили; ловот и риболовот; заштитата од загадување на воздухот, водата и земјиштето, спречувањето на штетната бучава; заштитата на животинскиот и растителниот свет; рударството, електростопанството и водостопанството; прометот и катастарот на земјиштето; патиштата, превозот со моторни и запрежни возила во патниот сообраќај; железничкиот, воздушниот, ПТТ и радиосообраќајот; пловидбата по езерата; изградбата на инвестициони објекти и надзорот врз нив; угостителството и туризмот; занаетчиските дејности;4) народната одбрана и подготвувањето на општонародниот отпор; државната и јавната безбедност и општествената самозаштита;5) републичкото државјанство; празниците и одликувањата на Социјалистичка Република Македонија; употребата на знамињата; амнестијата и помилувањето;6) основите на изборниот систем во организациите на здружениот труд, во другите самоуправни организации и во интересните заедници, изборот и отповикувањето на членовите на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија, на пратениците и одборниците; републичкиот референдум;7) организацијата на републичките органи, правата на работниците од трудот и по основ на трудот во републичките органи и организации што вршат работи од општ интерес за Републиката; самоуправувањето во овие органи и организации; образувањето или укинувањето на општини и определувањето и менувањето на нивните граници;8) сопственичките и другите имотно-правни односи; дроговорните и другите облигациони односи; правото на сопственост на стан и основите на станбените односи; населедувањето; експропријацијата; прометот на недвижности;9) судовите; јавното обвинителство; јавното правобранителство; адвокатурата; правното застапување и другите видови на правна помош; арбитражата;10) кривичната одговорност, кривичните дела, одговорноста за стопански престапи и за прекршоци што според Уставот на СФРЈ не ги утврдуваат сојузните органи; системот на прекршоците; извршувањето на санкциите за кривични дела, стопански престапи и прекршоци;11) бракот, семејството и старателството;12) системот и организацијата на воспитувањето и образованието; стручните називи и академските титули; нострификацијата на дипломи стекнати во странство; системот и организацијата на научно-истражувачката работа;13) системот на организацијата на културните дејности, сценско-уметничките дејности; изградбата на јавните споменици, заштитата на културните споменици, музејскиот, библиотекарскиот и архивскиот материјал; системот на физичката и техничката култура; издавачката дејност, филмот, печатот, радиофузијата и другите средства за јавно информирање;14) системот и организацијата на здравствената и социјалната заштита; основните права на социјалната заштита; детската заштита; системот на здравственото, пензиското и инвалидското осигурување;15) заштитата на животот и здравјето на луѓето од заразни болести чие спречување и сузбивање е од интерес на Републиката; заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници чие спречување и сузбивање е од интерес на Републиката; производството на лекови и отрови, ускладишувањето и заштитата од запаливи течности, гасови, експлозиви и радиоактивни материјали и превозот на овие материјали;16) посебната заштита на борците од Народноослободителната војна, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци; заштитата на борците од Илинденското востание и другите националноослободителни борби на Македонија; заштитата на борците за демократски права и слободи и на учесниците во антифашистичката борба, на жртвите од фашистичкото насилство и трудовите и другите инвалиди;17) собирањето и обработката и статистички и други податоци од интерес на Републиката;18) здружувањето на граѓаните, јавните собири и јавните приредби; слободата на движењето и населувањето; пријавувањето на живеалиштето и боравиштето;19) правната положба на верските заедници;20) безбедноста на патниот, железничкиот и езерскиот сообраќај;21) заштитата од пожари и од елементарни непогоди;22) матичните книги, личните имиња и личните карти;23) заверката на потписи, ракописи и преписи;24) набавувањето, поседувањето, носењето, испробувањето и обележувањето на оружје и муниција;25) игрите на среќа.Собранието може со закон да уредува и други работи што се од заеднички интерес за работните луѓе и граѓаните. Овие закони се донесуваат со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието, по редовна постапка.3. Собранието, во рамките на правата и должностите на Републиката, донесува закони и во областите што се уредени со сојузен закон.Собранието може да донесува закони ако е тоа од интерес за остварувањето на правата и должностите на Републиката и во областите што се уредуваат со сојузен закон, ако таков закон не е донесен.4. Односите за кои во одредбите на Уставот на СРМ е предвидено да се уредуваат со сојузен закон, ќе се уредуваат со републички закон, доколку според Уставот на СФРЈ не се право и должност на Федерацијата.5. Во областите што се уредени со републички закон општините, во рамките на своите права и должности, можат да донесуваат прописи заради уредување на одделни прашања што не се уредени со законот. Овие прописи мора да бидат во согласност со законот.Општините можат со закон да бидат овластени да донесуваат прописи за извршување на одделни закони или на одделни нивни одредби.6. Со закон можат да се утврдат општи начела во следните области во кои работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат односите во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници и во организациите на здружениот труд:1) организацијата на општественото самоуправување во општината;2) организацијата на самоуправните интересни заедници во областа на образованието, науката, културата, здравството, детската заштита и во другите општествени дејности;3) урбанистичкото уредување на населбите;4) доделувањето, уредувањето и употребата на градежно земјиште;5) уредувањето и користењето на земјиштето и добрата во општа употреба;6) функционирањето и управувањето на комуналните работни организации;7) станбената изградба, нејзиното финансирање и управувањето (стопанисувањето) со становите;8) референдумот во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници и во организациите на здружениот труд.Собранието може со закон да утврди општи начела и по други прашања кои работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници и организациите на здружениот труд. Овие закони се донесуваат со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието.Законот со кој се утврдуваат општи начела не се применува непосредно.7. Одлуките и другите општи акти што општините, месните заедници, самоуправните интересни заедници и организациите на здружениот труд ги донесуваат за уредување на работите од точка 6 на овој амандман мора да бидат во согласност со општите начела утврдени со законот.8. Во рамките на правата и должностите утврдени со Уставот на СРМ, републичките органи ја утврдуваат политиката на извршувањето на републичките закони и на другите општи акти на Собранието, го следат нивното извршување и вршат други политичко-извршни и управни работи.Републичките органи, во рамките на правата и должностите на Републиката утврдени со Уставот на СРМ, непосредно одговараат за извршувањето и применувањето на републичките закони и на другите републички прописи, како и за извршувањето и применувањето на сојузните закони и на другите сојузни прописи во областите во кои сојузните органи не се непосредно одговорни.9. Со овој амандман се заменуваат членовите 115, 116 став 1 и 117 став 1 од Уставот и точка 1 на Амандманот XII.\n1. Предлог да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ, Собранието утврдува на заедничка седница на сите собори, со мнозинство гласови од сите пратеници на Собранието.Иницијатива за поднесување предлог од Собранието да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ може да поднесе секој собор на Собранието, Извршниот совет или најмалку триесет пратеници.2. Одлука за давање согласност на предлогот да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ, Собранието донесува на заедничка седница на сите собори.Одлуката за давање согласност на предлогот да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ е усвоена ако за неа гласаат две третини од сите пратеници на Собранието.3. Нацртот на измената на Уставот на СФРЈ го претресуваат и мислење по него даваат сите собори на Собранието на посебни седници.Мислењето по нацртот на измената на Уставот на СФРЈ соборите го утврдуваат во истоветен текст.4. Одлука за давање согласност на текстот на измената на Уставот на СФРЈ, прифатен во Сојузната скупштина, Собранието донесува на заедничка седница на сите собори.Одлуката за давање согласност на текстот на измената на Уставот на СФРЈ е усвоена ако за неа гласаат две третини од сите пратеници на Собранието.\n1. Собранието дава согласност по работите за кои одлучува Сојузната скупштина врз основа на согласност на собранијата на републиките и покраините.2. Ставот на Републиката по предлозите на актите од став 1 и 2 на точка 1 од Амандманот XXXIII од Уставот на СФРЈ го изнесува Извршниот совет, во согласност со општата политика на Собранието.Ако Собранието претходно не утврдило политика по определено прашање, Извршниот совет ќе му предложи на Собранието да го разгледа тоа прашање и да му даде насоки за став по тоа прашање.Собранието може по своја иницијатива да разгледува секое прашање или предлог на акт од став 1 и 2 на точка 1 од Амандманот XXXIII на Уставот на СФРЈ и да утврди став по нив.3. Ставот на Републиката по прашањата за кои одлучуваат сојузните органи на управата врз основа на усогласени ставови со надлежните републички и покраински органи го изнесува надлежниот републички орган на управата, во согласност со политиката на Собранието и со ставовите и заклучоците на Извршниот совет.4. За обезбедување учество на Републиката во постапката за усогласување на ставовите по прашањата од Амандманот XXXIII на Уставот на СФРЈ и за следење спроведувањето на политиката и извршувањето на прописите по тие прашања, Извршниот совет може да се договори со Сојузниот извршен совет и со извршните совети на републиките и на покраините за образување меѓурепублички комитети за одделни области.Членовите на меѓурепубличките комитети од Републиката ги делегира Извршниот совет.Ако определено прашање за кое органите на Федерацијата одлучуваат врз основа на усогласени ставови со надлежните републички и покраински органи спаѓа во областа за која е образуван меѓурепублички комитет, ставот за тоа прашање го изнесуваат претставниците на Републиката во тој комитет, во согласност со политиката на Собранието и со ставовите и заклучоците на Извршниот совет.\n1. Социјалистичка Република Македонија соработува со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини и со нив развива меѓусебни односи во остварувањето на задачите од заеднички интерес, а особено во поглед на усогласувањето на стопанскиот и општиот општествен развој, во уредувањето на општествените односи и во другите дејности од надлежност на републиките и покраините кога е тоа во заеднички интерес и придонесува за создавање поповолни услови за остварување правата на работните луѓе, граѓаните, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации, рамноправноста на народите и народностите и за обезбедување на единството и стабилноста на југословенскиот пазар, надворешната политика, народната одбрана и безбедноста на земјата.Оваа соработка ја остваруваат Собранието, Извршниот совет, републичките органи на управата, општинските собранија и нивните органи, оранизациите на здружениот труд и другите самоуправни организации, самоуправните интересни заедници, општествено-политичките организации и стручните и другите здруженија, во рамките на своите надлежности односно дејности.Заради успешно остварување на соработката, органите на Социјалистичка Република Македонија во договор со надлежните органи на одделни или на сите републики и покраини можат да основаат заеднички органи, организации и други тела, да преземаат заеднички акции, да ги здружуваат средствата и да поттикнуваат размена на искуства и други облици на соработка.Заклучоците на заедничките органи, организации и тела ги обврзуваат органите и организациите во Републиката само ако, во рамките на своите права и должности утврдени со Уставот на СРМ и со законите на Републиката, ги усвои надлежниот републички орган и ги пропише со соодветен пропис односно ги утврди со друг акт.2. Со овој амандман се заменува член 6 од Уставот.\n1. Социјалистичка Република Македонија учествува рамноправно со другите социјалистички републики и социјалистичките автономни покраини во утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и на нејзините односи со другите држави и со меѓународните органи и организации.Социјалистичка Република Македонија остварува соработка и воспоставува, одржува и развива односи со органи и организации на другите држави и со меѓународните органи и организации, во рамките на утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија.2. Социјалистичка Република Македонија посебно се грижи за развивањето на политички, економски, културни и други односи со соседите, како и други држави и меѓународни органи и организации, што се од значење за Републиката или за правата и интересите на нејзините работни луѓе и граѓани, македонскиот народ и народностите, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации.Социјалистичка Република Македонија се грижи за работните луѓе на привремена работа во странство и за иселениците од нејзиното подрачје.Социјалистичка Република Македонија се грижи и го поттикнува и помага развојот и одржувањето на врските со Македонците во странство.3. Општините, организациите на здружениот труд и другите организации остваруваат соработка со соодветните странски и меѓународни органи и организации и со административните единици на странските држави, во рамките на утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија и политиката на Републиката за оваа соработка.4. Одлука за давање согласност на меѓународните договори што бараат донесување на нови или измена на важечките републички закони или од кои произлегуваат посебни обврски за Републиката, Собранието донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори.Одлука за давање согласност на сојузниот закон со кој се утврдува постапката за склучување на меѓународните договори од претходниот став, Собранието донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори.5. Во Собранието се образува комисија за прашања на односите со странство.Комисијата го следи остварувањето на соработката и развојот на политичките, економските, културните и другите односи на Социјалистичка Република Македонија со други држави и со меѓународни органи и организации; ги следи и разгледува надворешно-политичките настани и активностите сврзани со прашања од значење за Републиката; го поттикнува и го следи одржувањето на врските со Македонците во странство и врши определени работи што се однесуваат на работните луѓе на привремена работа во странство и на иселениците од Републиката.\n1. Двата члена на Претседателството на СФРЈ од СРМ ги избира Собранието на заедничка седница на сите собори, со тајно гласање.За член на Претседателството на СФРЈ е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од сите пратеници на Собранието.Претседателот на Собранието по својата функција е член на Претседателството на СФРЈ.2. Избраните членови на Претседателството на СФРЈ имаат право да учествуваат во работата на Собранието, освен да учествуваат во одлучувањето и да бидат избрани во телата на Собранието и на постојани функции во Собранието.3. Членовите на Претседателството на СФРЈ се должни да ги изнесат пред Претседателството на СФРЈ ставовите на Собранието по прашањата од надлежноста на Претседателството на СФРЈ.Членовите на Претседателството на СФРЈ го известуваат Собранието, по своја иницијатива или по негово барање, за прашањата од надлежноста на Претседателството на СФРЈ.Членовите на Претседателството на СФРЈ го известуваат Собранието за прашањата по кои не е постигната согласност меѓу Сојузната скупштина и Претседателството на СФРЈ во случаите од став 1 и 2 на точка 8 од Амандманот XXXVI на Уставот на СФРЈ и му предлагаат да заземе став по тие прашања, а можат да му предлагаат на Собранието да разгледа и други прашања од надлежноста на Претседателството на СФРЈ и да заземе став по тие прашања.Собранието ги разгледува и по своја иницијатива прашањата по кои не е постигната согласност меѓу Сојузната скупштина и Претседателството на СФРЈ во случаите од став 1 и 2 на точка 8 од Амандманот XXXVI на Уставот на СФРЈ и зазема став по тие прашања.4. Членовите на Претседателството на СФРЈ за својата работа во Претседателството на СФРЈ се одговорни пред Собранието кое може во случаите определени со закон да ги отповика.5. Постапката за избор и отповикување на членовите на Претседателството на СФРЈ се уредува со закон.\n1. Социјалистичка Република Македонија ја претставува Собранието.Претседателот на Собранието, во име на Собранието, ја претставува Социјалистичка Република Македонија.Претседателот на Собранието го заменува потпретседателот на Собранието што ќе го определи Претседателството.2. Претседателот на Собранието го избира Собранието по предлог од Кандидационата конференција на Републичката конференција на ССРНМ, утврден по претходно мислење од општествено-политичките организации во општините.Предлог за избор на претседател на Собранието можат да поднесат и најмалку триесет пратеници.\n1. Собранието на Социјалистичка Република Македонија има Претседателство.Претседателството на Собранието:- ја усогласува работата на соборите и на другите тела на Собранието во однос на донесувањето и остварувањето на нивните програми за работа;- ја усогласува работата на соборите на Собранието во поглед на начинот и роковите за претресување на прашања од нивниот рамноправен делокруг и ги определува предлозите и прашањата кои поради својата природа и значење треба првенствено да се решаваат;- го следи начинот на работа на телата на Собранието и дава иницијативи за унапредување на таа работа и со претседателите на комисиите, одборите и другите работни тела на Собранието и на неговите собори ги претресува прашањата во врска со работата на тие тела;- ја усогласува работата на Собранието и Извршниот совет во остварувањето на нивните програми за работа;- ја поттикнува и се грижи за остварувањето и унапредувањето на соработката на Собранието и неговите тела со Сојузната скупштина, собранијата на социјалистичките републики и со социјалистичките автономни покраини, општинските собранија и со општествено-политичките и други самоуправни организации во Републиката;- дава иницијатива за претресување на прашања од општо политичко значење;- одлучува за примање на делегации на претставнички тела и за испраќање делегации на Собранието во посета на претставнички тела и го определува нивниот состав;- поднесува предлози на одлуки за образување на постојни и повремени комисии и други тела на Собранието и на заеднички комисии на два или повеќе собори;- организира проучување на одделни актуелни политички прашања и други прашања од областа на општествено-економскиот и политичкиот систем и обезбедува соработка на Собранието, неговите собори и неговите тела со други органи и организации при разгледувањето на тие прашања;- ги толкува одредбите на Деловникот на Собранието за надлежноста на соборите и на другите негови тела, како и другите одредби на Деловникот и зазема ставови по прашањата од заеднички интерес за работата на соборите.Седниците на Претседателството ги свикува и со нив раководи претседателот на Собранието.2. Претседателството на Собранието го сочинуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, претседателите на соборите на Собранието и претседателот на Извршниот совет.3. Со овој амандман се заменува член 153 од Уставот.\n1. Извршниот совет на Собранието го сочинуваат претседател и определен број членови.Претседателот на Извршниот совет го избира Собранието по предлог од Кандидационата конференција на Републичката конференција на ССРНМ, утврден по претходно мислење од општествено-политичките организации во општините.Предлог за избор на претседател на Извршниот совет можат да поднесат и најмалку триесет пратеници.Членовите на Извршниот совет ги избира Собранието по предлог од кандидатот за претседател на Советот и врз основа на мислење од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.Собранието при изборот на членовите на Извршниот совет, по предлог од претседателот на Советот, именува од редот на членовите на Советот републички секретари и други функционери кои ќе раководат со републичките секретаријати и со определени други републички органи и организации што вршат работи од општ интерес за Републиката.Ако претседателот или член на Извршниот совет биде избран од редот на пратениците, му престанува пратеничкиот мандат.2. Членовите на Извршниот совет уживаат имунитет.Во поглед на имунитетот на членовите на Извршниот совет сходно се применуваат одредбите на член 160 од Уставот на СРМ. За прашањата на имунитетот на членовите на Советот одлучува Извршниот совет.3. Извршниот совет е одговорен за спроведување на политиката и на законите и другите општи акти на Собранието и за таа цел ја насочува и координира работата на републичките органи на управата и презема други мерки во рамките на своите права и должности.4. Извршниот совет, во рамките на правата и должностите на Републиката, донесува уредби, одлуки и упатства за извршување на републичките закони и на другите општи акти на Собранието.5. Секој собор на Собранието може, по предлог од најмалку десет пратеници, членови на Соборот, да постави прашање на доверба на Извршниот совет.Ако смета дека не е во состојба да го обезбеди спроведувањето на утврдената политика или извршувањето на законот или на другиот општ акт на Собранието, чие донесување се предлага, или дека не може да преземе одговорност за вршење на својата функција ако не се донесе законот или другиот општ акт чие донесување го предлага, Извршниот совет може да постави прашање на доверба.По прашањето на доверба на Извршниот совет се води претрес во Собранието.Ако надлежните собори му изгласаат недоверба на Извршниот совет, Советот е должен да поднесе оставка.6. Најмалку десет пратеници можат да покренат во својот собор интерпелација за претресување на определени политички прашања во врска со работата на Извршниот Совет.7. Ако Извршниот совет поднесе колективна оставка или ако му биде изгласана недоверба, Советот останува на должност до изборот на нов Извршен совет.8. Со овој амандман се заменуваат член 173 став 1, член 174, член 176, точка 5, член 177 став 2 и 5, член 178 став 3 и член 183 став 1 од Уставот, како и одредбите на Амандманот II став 1 што се однесуваат на републичките секретари и секретарот на Извршниот совет.\n1. Неотуѓиво право и должност на македонскиот народ, народностите и етничките групи, на работните луѓе и граѓаните е да ја штитат и бранат независноста, суверенитетот, територијалната целокупност и со уставот утврденото општествено и политичко устројство на Социјалистичка Република Македонија и Социјалистичка Федеративна Република Југославија.2. Никој нема право да потпише или да признае капитулација или окупација на Социјалистичка Република Македонија или на нејзин дел. Никој нема право да ги спречи граѓаните на Социјалистичка Република Македонија да водат борба против непријателот што ја нападнал земјата.3. Републиката, во согласност со основите на системот на народната одбрана, ја утврдува организацијата на народната одбрана, начинот и облиците на подготовките и начелата на плановите и подготвителните мерки во воена состојба; ја организира народната одбрана и раководи со територијалната одбрана и цивилната заштита, а во случај на напад на земјата раководи со општонародниот отпор на подрачјето на Републиката; се грижи за сразмерната застапеност на Македонците и народностите во старешинскиот состав на Југословенската народна армија; врши со закон определени работи за потребите на Југословенската народна армија.Советот за народна одбрана ги координира, усогласува и насочува подготовките за народна одбрана; дава општи насоки за подготвување и мобилизирање на изворите и силите на Републиката за одбрана и ги утврдува основите на плановите во областа на народната одбрана на подрачјето на Републиката.4. Територијалната одбрана е најширок облик на организиран вооружен општонароден отпор и дел на вооружените сили на Југославија.Територијалната одбрана ја сочинуваат вооружени единици и други облици на вооружен општонароден отпор, што ги формираат и организираат Републиката, општините и организациите на здружениот труд.Во рамките на старешинскиот кадар на раководните должности во територијалната одбрана се применува начелото за што посразмерна застапеност на припадниците на народностите во Републиката.Со територијалната одбрана и територијалните единици во Републиката, Главниот штаб за народна одбрана на Македонија во мир раководи и командува, а во војна командува.5. Цивилната заштита е составен дел на народната одбрана и врши заштита и спасување на населението и материјалните добра од воени дејства, елементарни непогоди и други општи опасности.Цивилната заштита ја сочинуваат единици за заштита и спасување на населението и материјалните добра, што се организираат во Републиката, општините и организациите на здружениот труд.6. Право и должност на општините е, во согласност со основите на системот на народната одбрана, секоја на својата територија да ја уредува и организира народната одбрана, да ги насочува подготовките на месните заедници и на другите самоуправни организации во оваа област, да раководат со територијалната одбрана и цивилната заштита, а во случај на напад на земјата да раководи со општонародниот отпор.7. Организациите на здружениот труд и другите организации го вршат правото и должноста на одбрана на земјата, во согласност со законот, плановите и одлуките на општествено-политичките заедници, обезбедуваат средства и вршат други задечи од интерес за народната одбрана. Овие организации се одговорни за извршувањето на тие задачи.8. Со овој амандман се заменува член 76 од Уставот.\n1. За спроведување на Уставните амандмани XV до XXXIX и за обезбедување премин кон нивната примена ќе се донесе уставен закон.Предлогот на уставниот закон се усвојува сходно со одредбите на Амандман IX точка 2, став 6 до 8 што важат за усвојување на измената на Уставот на СРМ.2. Одредбите на Уставот на СРМ што не се заменети односно укинати со Уставните амандмани XV до XXXIX се толкуваат и се применуваат во согласност со тие амандмани.\n3 Поврзано\n*Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1963)\n**Закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1965)\n*Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X (1969)\n*Уставен закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1971)\n**Исправка на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1972)\n**Уставен закон за изменување и дополнување уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на СР Македонија (1972)\n**Уставен закон за продолжување на роковите утврдени со уставниот закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1973)\n*Уставен закон за измени на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1965)\n*Уставен закон за продолжување мандатот на пратениците, функционерите и одборниците на општинските собранија (1973)", "subject": ["Законска регулатива на Македонија", "Устави на Македонија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0_%281963%29", "word_count": 38457, "cyrillic": 0.999}
{"id": "7165", "title": "Јов (вики-превод)", "text": "1 Предговор.\n<sup>1</sup>Си живееше во земјата Уц еден човек по име Јов. Тој беше чесен и без пороци, имаше страхопочит спрема Бог и се држеше настрана од злото.\n<sup>2</sup>Му се беа родиле седум сина и три ќерки.\n<sup>3</sup>Имотот негов беше седум илјади овци, три илјади камили, петстотини рала волови, петстотини магарици и многу голем број слуги. Тој беше најбогатиот човек на Истокот.\n<sup>4</sup>Секоја година, кога ќе им дојдеше роденденот, синовите на Јов приредуваа гозби. Ќе ги поканеа нивните три сестри, ќе се собереа во домот на славеникот, па заедно јадеа и пиеја.\n<sup>5</sup>Тие гозби траеја и по неколку дена, а на крајот од секоја гозба Јов ќе испратеше да ги повикаат неговите деца и ќе ги очистеше. Ќе станеше рано наутро и ќе принесеше жртви паленици за секој од нив, зашто си мислеше: „Можеби моите деца грешеле и го колнеле Бог во своите срца!“. Вака правеше Јов после секоја гозба.\n2 Првото искушување на Јов.\n<sup>6</sup>Еден ден синовите Божји дојдоа да се претстават пред ГОСПОД, а со нив дојде и сатаната.\n<sup>7</sup>„Од каде доаѓаш?“ - го праша ГОСПОД сатаната, а тој му одговори: „Скитав по земјата и гледав што сѐ се случува по неа.“\n<sup>8</sup>Тогаш ГОСПОД го праша сатаната: „Го виде ли Мојот слуга Јов? Нема друг како него на земјата, човек чесен и без пороци, кој има страхопочит спрема Бог и се држи настрана од злото.“\n<sup>9</sup>„А зошто не би имал страхопочит?“ - забележа сатаната.\n<sup>10</sup>„Зарем Ти не го штитиш? Зарем не си поставил ограда и околу него, и околу неговото домаќинство и околу сѐ што е негово? Трудот на неговите раце си го благословил, па стадата му се распослале по земјата.\n<sup>11</sup>Но испружи ја сега раката Твоја и земи му сѐ што има! Сигурен сум дека в лице ќе Те проколне.“\n<sup>12</sup>Тогаш ГОСПОД му одговори на сатаната: „Добро, прави што сакаш со сѐ што е негово, но на него рака не ставај!“. После ова сатаната си замина од кај ГОСПОД.\n<sup>13</sup>Токму во денот кога синовите и ќерките на Јов се гостеа и пиеја вино во домот на најстариот брат,\n<sup>14</sup>гласник дотрча кај Јов и му рече: „Додека слугите ораа со воловите, а магарињата пасеа близу до нив,\n<sup>15</sup>Шевајците нѐ нападнаа, стоката ја одведоа, а твоите слугите, сите до еден, со остар меч ги исклаа. Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“\n<sup>16</sup>Уште зборот не дорече, друг гласник дотрча викајќи: „Оган Божји падна од небесата, ги проголта овците и сите твои пастири. Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“\n<sup>17</sup>Уште зборот не дорече, трет гласник дотрча викајќи: „Три Халдејски банди нѐ нападнаа, камилите ги одведоа, а сите твои слугите со остар меч ги исклаа. Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“\n<sup>18</sup>Уште зборот не дорече, четврт гласник дотрча викајќи: „Синовите и ќерките твои јадеа и пиеја вино во куќата на најстариот брат,\n<sup>19</sup>кога силен ветер дувна од пустината и удри по четирите агли на куќата, а таа се урна врз децата и ги уби. Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“\n<sup>20</sup>Стана Јов, ја раскина од жал наметката своја, ја избрича главата, падна на земја и се поклони пред Бог,\n<sup>21</sup>па рече: „Гол сум излегол од утробата на мајка ми, кога земјата ќе ме прибере, што со себе ќе земам? ГОСПОД даде, ГОСПОД зеде. Нека се слави името ГОСПОДОВО!“\n<sup>22</sup>Во сето ова Јов не згреши, зашто не Го обвини Бог дека погрешно постапува.\n= Глава 2 =\n3 Второто искушување на Јов.\n<sup>1</sup>Еден ден синовите Божји пак дојдоа да се претстават пред ГОСПОД. Со нив дојде и сатаната.\n<sup>2</sup>ГОСПОД му рече: „Од каде доаѓаш?“, а сатаната Му одговори: „Скитав по земјата и гледав што сѐ се случува по неа.“\n<sup>3</sup>Потоа ГОСПОД го праша сатаната: „Го виде ли Мојот слуга Јов? Нема друг како него на земјата, човек чесен и без пороци, кој има страхопочит спрема Бог и се држи настрана од злото. Иако ти ме подбуцна против него да го уништам без причина, тој сепак си остана чесен.“\n<sup>4</sup>Тогаш сатаната Му одговори на ГОСПОД: „Кожа за кожа! Сѐ што има човек ќе даде за да спаси гол живот!\n<sup>5</sup>Но испружи ја сега раката Твоја и удри по неговите коски и по неговото тело! Сигурен сум дека в лице ќе Те проколне.“\n<sup>6</sup>Тогаш ГОСПОД му рече на сатаната: „Добро, прави со него што сакаш, само животот остави му го!“\n<sup>7</sup>Потоа сатаната си замина од кај ГОСПОД и го нападна Јов со болни чиреви од главата до петите.\n<sup>8</sup>Седна Јов во пепелта и зеде една ќерамитка да се чеша.\n<sup>9</sup>Тогаш жена му му рече: „Уште ли се обидуваш да останеш чесен! Проколни го Бог и умри!“\n<sup>10</sup>Јов ѝ одговори: „Зборуваш како глупавите жени! Зарем доброто од Бог да го прифатиме, а маката не?“ Во сето ова Јов не згреши со тоа што го кажа.\n4 Тројцата пријатели на Јов.\n<sup>11</sup>Тогаш тројцата пријатели на Јов слушнаа за сите маки што го беа снашле, и се упати секој од својот дом, Теманецот Елифаз, Шухиецот Вилдад и Нааматиецот Зофар, па се сретнаа и тргнаа заедно да му искажат сочувство и да го утешат.:<sup>12</sup>Кога го здогледаа оддалеку, не можеа да го познаат. Викнаа да плачат на сет глас, ја раскина од жал секој наметката своја, попрскаа прав врз главите свои до небесата\n<sup>13</sup>и седнаа со него на земја. Седум дена и седум ноќи никој збор не проговори, зашто видоа колку големо беше неговото страдање.\n= Глава 3 =\n5 Јов проговорува.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов отвори уста и го проколна денот кога се родил.\n<sup>2</sup>Проговори Јов и рече:\n:<sup>3</sup>„Проклет да е денот кога сум се родил\n:и ноќта кога било кажано:\n:,Машко се роди!’\n:<sup>4</sup>Во црна темнина да се претвори!\n:Бог да го заборави!\n:Сонце да не го огрее!\n:<sup>5</sup>Мрак и црна сенка да го земат!\n:Темен облак да го надвисне!\n:Бел ден да не види!\n:<sup>6</sup>Таа ноќ црна темнина да ја голтне!\n:Да се брише од годината,\n:во деновите да не се брои,\n:во месеците да не влегува!\n:<sup>7</sup>Пуста да остане таа ноќ!\n:Крик радосен во неа да нема!\n:<sup>8</sup>Клетва да ѝ фрлат тие што денот го колнат,\n:тие што и Левијатанот можат да го скорнат!\n:<sup>9</sup>Утринските ѕвезди да ѝ се зацрнат!\n:На мугра да чека, мугра да не дојде!\n:Зората да не ѝ осамне\n:<sup>10</sup>зашто не ги затвори вратите на мајчината ми утроба,\n:зашто остави за ваква мака да се родам!\n:<sup>11</sup>Што не си умрев уште на раѓање?!\n:Од утробата кога излегов смртта што не ме прибра?!\n:<sup>12</sup>Зошто колена ме прифатија,\n:зошто гради ме надоија?!\n:<sup>13</sup>Ќе си лежев сега во мир,\n:ќе спиев, спокојство ќе имав,\n:<sup>14</sup>со цареви и советници земни,\n:со оние што дворци си ѕидаа,\n:домови од кои само урнатини останаа,\n:<sup>15</sup>со кнезови злато што трупаа,\n:домовите свои со сребро што ги полнеа.\n:<sup>16</sup>Зошто како мртвородено не ме запретаа,\n:како младенчињата светло што не видуваат?!\n:<sup>17</sup>Таму злите не прават веќе збрки,\n:уморниот спокој наоѓа.\n:<sup>18</sup>На заробените им олеснува,\n:викањето на стражарите не го слушаат веќе.\n:<sup>19</sup>И мал и голем таму се исти,\n:робовите - слободни од своите господари.\n:<sup>20</sup>Зошто на несреќните светлина им се дава\n:и живот на оние со горчина во душата?!\n:<sup>21</sup>По смртта чезнеат, а смртта ја нема.\n:Ја бараат како да е скриено богатство.\n:<sup>22</sup>Зошто им е животот на оние за кои гробот е спас,\n:на оние што се радуваат и веселат кога до него ќе стигнат,\n:<sup>23</sup>на оние чиј пат е скриен\n:и Бог ограда околу нив ставил.\n:<sup>24</sup>Наместо храна, воздишки ми идат,\n:стенкањата мои како вода течат.\n:<sup>25</sup>Токму тоа од што се плашев на глава ми дојде,\n:тоа од што треперев, тоа ми се случи.\n:<sup>26</sup>Немам мир, немам тишина, немам почин -\n:неспокој кај мене се всели.“\n= Глава 4 =\n18 Елифаз.\n:<sup>1</sup>Тогаш одговори Теманецот Елифаз и рече:\n:<sup>2</sup>„Ако се осмелам еден збор да ти кажам, ќе имаш ли трпение?\n:Но кој може да ги додржи зборовите!?\n:<sup>3</sup>Ете, ти на многумина совет си дал,\n:раце слаби си укрепил.\n:<sup>4</sup>Твоите зборови подршка биле на потклекнатиот,\n:на колена растреперени сила си дал.\n:<sup>5</sup>Но сега дојде на твоја глава и ти потклекна.\n:Удри против тебе и сега ти не знаеш главата кај ти е.\n:<sup>6</sup>Зарем побожноста твоја не е твојата сигурност?\n:Зарем непорочните патишта твои не се твојата надеж?\n:<sup>7</sup>Застани сега и размисли, кој невин погинал?\n:Каде праведните биле уништени?\n:<sup>8</sup>Колку што јас сум видел, оние што зло ораат и мака сеат,\n:зло и мака жнеат!\n:<sup>9</sup>Од здивот Божји гинат,\n:ги снемува пред пламенот на гневот Негов.\n:<sup>10</sup>Рика лавот и реве,\n:ама забите лавовски се кршат и\n:<sup>11</sup>умира без плен, а младенчињата на лавицата -\n:секое на своја страна.\n:<sup>12</sup>Имам еден збор тајно што го добив,\n:ушите мои во шепот го уловија\n:<sup>13</sup>среде немирните ноќни соништа,\n:кога врз луѓето длабок сон се спушта.\n:<sup>14</sup>Страв ме обзеде и трепет,\n:сите коски ми се растресоа.\n:<sup>15</sup>Дух до мене се прикрадна\n:и целиот се наежив.\n:<sup>16</sup>Застана, но за ликот негов ништо не можам да кажам -\n:само облик пред очите мои.\n:Стивна и слушнав глас:\n:<sup>17</sup>,Може ли смртен човек поправеден од Бог да биде,\n:од Создателот да биде почист?!\n:<sup>18</sup>Тој ни во слугите свои доверба нема,\n:кај ангелите грешка наоѓа,\n:<sup>19</sup>а не пак кај оние што во куќи од кал живеат,\n:чии темели во прв лежат,\n:кај оние што како молци гинат.\n:<sup>20</sup>Од утро до мрак умираат,\n:исчезнуваат неприметно и засекогаш.\n:<sup>21</sup>Јажињата на шатори нивни зарем не се корнат\n:и тие гинат без мудрост да соберат.’\n= Глава 5 =:<sup>1</sup>Викни сега, помош барај!\n:Одговара ли некој?\n:Кон кого од светите ќе се свртиш?\n:<sup>2</sup>Глупавиот срџбата го убива,\n:а простиот зависта го кине.\n:<sup>3</sup>Сум гледал јас глупав човек корен да пушти,\n:но веднаш домот негов сум го проколнал.\n:<sup>4</sup>Далеку се децата негови од безбедност.\n:Ќе ги сотрат на суд и нема кој да ги одбрани.\n:<sup>5</sup>Секој што е гладен жетвата негова ја јаде,\n:дури и од меѓу трњето ја граба.\n:Брефтаат оние што по богатство негово се жедни.\n:<sup>6</sup>Злото од земја не никне,\n:ниту маката од нива изртува.\n:<sup>7</sup>Човек за мака е роден, исто како што искрите не паѓаат,\n:туку кон небо се вишат.\n:<sup>8</sup>Јас да сум на твое место накај Бог ќе се свртам,\n:пред Бог маката ќе си ја кажам.\n:<sup>9</sup>Тој величествени и несфатливи нешта прави,\n:на чудата негови број им нема.\n:<sup>10</sup>Дождот го распоредува по целата земја\n:и води пушта по нивите.\n:<sup>11</sup>Скромните ги воздига,\n:ожалостените ги штити.\n:<sup>12</sup>Ги препречува намерите на вештите\n:и рацете нивни не успеваат,\n:<sup>13</sup>ги фаќа мудрите во нивната остроумност,\n:сплетките на лукавите ги збришува,\n:<sup>14</sup>на сред бел ден со темнина ги обвива,\n:напладне пипаат како да е ноќ.\n:<sup>15</sup>Го спасува сиромавиот од мечот што им е в уста,\n:од канџите на моќниците го избавува.\n:<sup>16</sup>Така и за бедните надеж има,\n:а неправдата уста затвора.\n:<sup>17</sup>Види колку се благословени оние што Бог ги поправа!\n:Не презирај го укорот од Семоќниот!\n:<sup>18</sup>Тој ранува, но и ги превива раните,\n:повредува, но рацете Негови исцелуваат.\n:<sup>19</sup>Од шест неволји ќе те избави,\n:во седмата зло нема да те стигне.\n:<sup>20</sup>Кога има глад од смрт ќе те избави,\n:во битка - од ударите на мечот.\n:<sup>21</sup>Од отровни јазици ќе те штити,\n:уништувањето кога ќе дојде - нема да се плашиш.\n:<sup>22</sup>На уништувањето и на гладта ќе им се потсмеваш,\n:од ѕверовите земни нема да се плашиш,\n:<sup>23</sup>зашто завет имаш со камењата во полето,\n:дивите животни во мир со тебе ќе бидат.\n:<sup>24</sup>Ќе знаеш дека безбеден е твојот дом.\n:Имотот ќе си го преброиш и ништо нема да недостасува.\n:<sup>25</sup>Ќе знаеш дека многубројни се твоите деца,\n:потмците твои се како тревата по земјата.\n:<sup>26</sup>Крепок в гроб ќе легнеш,\n:како сноп навреме собран.\n:<sup>27</sup>Гледај, ова сме го провериле и вистина е!\n:Слушни и на себе примени го!“\n= Глава 6 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Ах да може болката моја да се измери,\n:маката моја на кантар да се стави,\n:<sup>3</sup>сета морска песок рамна не ќе им е!\n:Затоа така итаат зборовите мои.\n:<sup>4</sup>Ете, стрелите на Семоќниот се во мене\n:и духот мој од отровот нивни пие.\n:Ужасите Божји против мене се построени.\n:<sup>5</sup>Рика ли дивото магаре кога има трева?\n:Мука ли волот над полни јасли?\n:<sup>6</sup>Се јаде ли храна блуткава, без сол?\n:Белката на јајцето вкус има ли?\n:<sup>7</sup>Ни да ги допрам не можам,\n:ми се лоши од таа храна.\n:<sup>8</sup>Има ли кој молитвите мои да ги исполни?\n:Надежта моја ќе ја награди ли Бог?\n:<sup>9</sup>Ах, да сака Бог да ме дотолчи,\n:да пушти рака и да ме смачка.\n:<sup>10</sup>Така сепак една утеха ќе имам,\n:во оваа болка безмилосна радост ќе ми биде,\n:што зборовите на Светиот јас не ги порекнав.\n:<sup>11</sup>Што сила имам, та да се надевам?\n:Што иднина ме чека, та да се стрпам?\n:<sup>12</sup>Силата моја од камен ли е?\n:Телото мое од бронза ли е?\n:<sup>13</sup>Нема помош за мене!\n:Што беше, до тука беше!\n:<sup>14</sup>Кога човек е во очај, верност му треба од неговите пријатели,\n:дури и ако престанал да има страв од Семоќниот.\n:<sup>15</sup>Но браќата мои превртливи се,\n:како потоци што пресушуваат,\n:како порои што поплавуваат,\n:<sup>16</sup>заматени од ледот,\n:надојдени од снегот,\n:<sup>17</sup>а в лето пак секнуваат,\n:кога ќе се стопли - во коритата ги нема.\n:<sup>18</sup>Караваните заради нив скршнуваат,\n:одат по нив во пустината и гинат.\n:<sup>19</sup>Ги бараат караваните од Тема,\n:патувачките трговци од Шева на нив се надеваат,\n:<sup>20</sup>се истоштуваат зашто доверба во нив имаат,\n:пристигаат, а таму - сува песок.\n:<sup>21</sup>Така и од вас ништо не бидува!\n:Видовте страшни нешта и се уплашивте.\n:<sup>22</sup>Сум ви кажал ли јас досега:,Дајте ми!’?\n:Од богатствата ваши откупнина да платите за мене сум побарал ли?\n:<sup>23</sup>Од раката на непријателот да ме избавите,\n:од канџите на безмилосните да ме оттргнете сум ве молел ли?\n:<sup>24</sup>Ај научете ме, што грешка сторив\n:покажете ми и ќе се смирам!\n:<sup>25</sup>Колку болат искрени зборови!\n:Но што со тоа докажавте?\n:<sup>26</sup>Она што го реков ли да го исправите?\n:Зборовите на разочараниот се како ветер!\n:<sup>27</sup>Вие и за сирак ждрепка би фрлиле,\n:пријателот свој би го продале!\n:<sup>28</sup>Ајде сега, ве молам, погледнете ме!\n:Зар в лице би ве лажел?\n:<sup>29</sup>Смирете се сега и не бидете неправедни!\n:Размислете уште еднаш за мојата праведност!\n:<sup>30</sup>Мислите дека лажам?\n:Устата моја не разликува ли што е зло?\n= Глава 7 =:<sup>1</sup>Зарем нема човек тешка служба на земјата?!\n:Деновите негови зарем не се како деновите на аргатите?\n:<sup>2</sup>Како роб за сенка чезнее,\n:како аргат надницата со нетрпение си ја чека.\n:<sup>3</sup>А мене ми се дадоа месеци на празнина,\n:ноќи тегобни ми се доделија.\n:<sup>4</sup>Ќе легнам и веднаш помислувам:,Уште колку има додека да станам?’\n:А ноќта се влече, и јас се вртам наваму натаму сѐ до зората.\n:<sup>5</sup>Телото мое со црви е облечено,\n:со красти и прашина е покриено.\n:Распукана е кожата моја и загнојува.\n:<sup>6</sup>Деновите мои побрзо од сновалка летаат\n:и завршуваат без никаква надеж.\n:<sup>7</sup>О Боже, сети се, мојот живот е само еден здив!\n:Никогаш повеќе очите мои среќа нема да видат!\n:<sup>8</sup>Ме гледаш сега, но не за долго.\n:Ќе ме бараш, а мене ќе ме нема.\n:<sup>9</sup>Облакот се распршува и го снемува.\n:Кој в гроб влегува, оттаму не се враќа.\n:<sup>10</sup>Во домот свој веќе нема да си дојде,\n:местото негово нема за него да знае.\n:<sup>11</sup>Затоа нема да молчам!\n:Духот мој од мака ќе зборува!\n:Ќе се жалам со горчина во душата!\n:<sup>12</sup>Море ли сум јас, чудовиште од бездната,\n:та стража си поставил околу мене?!\n:<sup>13</sup>Си помислив - постелата ќе ме утеши,\n:леглото мое маките ќе ми ги олесни,\n:<sup>14</sup>а Ти со соништа ме нападна,\n:со виденија страв в коски ми втера.\n:<sup>15</sup>Подобро да се загушам, да умрам,\n:отколку со вакво тело да живеам!\n:<sup>16</sup>Ми дотегна веќе, та вечно ли жив ќе сум!\n:Остави ме на мира, зашто бесмислени се деновите мои!\n:<sup>17</sup>Што е човек, та толку да го величаш?\n:Што толку внимание срцето Твое му посветува?\n:<sup>18</sup>Го испитуваш секое утро,\n:секој миг на проба го ставаш.\n:<sup>19</sup>До кога ќе го држиш погледот Твој прикован за мене?\n:Остави ме барем плувачката на мира да си ја голтнам!\n:<sup>20</sup>Ако сум грешел што Тебе сум Ти сторил, Ти што кон луѓето гледаш?\n:Зошто на заб ме зеде?\n:Јас самиот на себе сум си бреме.\n:<sup>21</sup>Зошто навредите мои не ми ги простиш,\n:гревовите мои зошто не ги заборавиш?\n:Јас и онака скоро в прав ќе легнам.\n:Ќе ме бараш, а мене веќе ќе ме нема.“\n= Глава 8 =\n20 Билдад.\n<sup>1</sup>Тогаш одговори Шухиецот Вилдад и рече:\n:<sup>2</sup>„До кога вака ќе зборуваш?\n:До кога зборовите од устата твоја ќе завиваат како ветер?\n:<sup>3</sup>Зарем Бог ја извртува правдата!?\n:Зарем Семоќниот правото го прекршува!?\n:<sup>4</sup>Кога децата твои грешеле против Него,\n:тој им платил според нивните гревови.\n:<sup>5</sup>Но ако ти кон Бог погледнеш,\n:на Семоќниот ако Му се помолиш,\n:<sup>6</sup>ако си чист и праведен,\n:дури и сега Тој на твоја страна ќе застане,\n:и твоето праведно место ќе го обнови.\n:<sup>7</sup>Ќе почнеш скромно,\n:а потоа напредокот ќе ти биде голем.\n:<sup>8</sup>Ајде прашај ги сега претходните поколенија,\n:откриј што научиле нивните татковци,\n:<sup>9</sup>зашто ние од вчера сме и ништо не знаеме.\n:Деновите наши на земјата се како сенка.\n:<sup>10</sup>Зарем нема да те поучат, зарем нема да ти кажат,\n:од своето знаење зарем нема зборови да извлечат?\n:<sup>11</sup>Може ли да расте рогоз, ако нема мочуриште?\n:Може ли да успева трска, ако нема вода?\n:<sup>12</sup>Никој не ги коси,\n:а тие овенуваат пред сета друга трева.\n:<sup>13</sup>Таква е судбината на сите што Го забораваат Бог.\n:Така исчезнува надежта на безбожните.\n:<sup>14</sup>Колку е кревко она во што тие веруваат,\n:она на што се потпираат е како пајакова мрежа.\n:<sup>15</sup>Се потпираат на мрежата своја, но таа не издржува.\n:Се закачуваат за неа, но таа не додржува.\n:<sup>16</sup>Безбожните луѓе навидум се силни,\n:како билки добро наводнувани, на сонце изложени,\n:шират гранки над своите градини,\n:<sup>17</sup>ги обвиваат корењата околу купишта камења,\n:меѓу карпите место бараат.\n:<sup>18</sup>Но кога ќе ги искорнат,\n:не се ни познава.\n:<sup>19</sup>Така завршува нивната радост,\n:а од почвата други никнат.\n:<sup>20</sup>Внимавај! Ниту Бог непорочните ги отфрла,\n:ниту на злите напредок им дава.\n:<sup>21</sup>Пак со смеа устата твоја ќе ја исполни,\n:усните твои со извици радосни.\n:<sup>22</sup>Оние што те мразат со срам ќе бидат облечени,\n:шаторите на злите ќе ги снема.“\n= Глава 9 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Знам јас дека тоа е вистина,\n:но може ли смртен човек да биде праведен пред Бог?\n:<sup>3</sup>Дури и да сака да се расправа со Него,\n:не би можел да му одговори ниту еднаш од илјада.\n:<sup>4</sup>Со мудро срце и неизмерна сила,\n:кој може да истрае против Него и да не биде уништен?\n:<sup>5</sup>Оној Кој планините ги поместува без тие и да почувствуваат,\n:Кој ги превртува во својот гнев,\n:<sup>6</sup>Оној Кој земјата ја тресе од нејзиното место,\n:и столбовите нејзини треперат,\n:<sup>7</sup>Оној Кој на сонцето кога ќе му проговори\n:тоа престанува да свети,\n:чие место е зад ѕвездите,\n:<sup>8</sup>Оној Кој Сам ги распнува небесата,\n:Кој гази по брановите морски,\n:<sup>9</sup>Оној Кој ги создаде Мечката, Орион,\n:Плејадите и јужните соѕвездија,\n:<sup>10</sup>Оној Кој чуда создава несфатливи,\n:чудесни нешта без број,\n:<sup>11</sup>ете, покрај мене минува и јас не Го гледам.\n:Поминува, а јас не Го чувствувам.\n:<sup>12</sup>Ако грабне, кој може да Го сопре?\n:Кој може да му каже:,Еј, што правиш!?’\n:<sup>13</sup>Бог не го зауздува својот гнев.\n:Под Него треперат дури и одредите на Рахав.\n:<sup>14</sup>Како тогаш јас да се препирам со Него?\n:Можам ли зборови да најдам?\n:<sup>15</sup>Дури и невин да бев, нема да можев да Му одговорам.\n:Можам само за милост да Го молам Оној што ме суди.\n:<sup>16</sup>Дури и да Го повикав, а Тој ми одговореше,\n:не верувам дека ќе ме послушаше.\n:<sup>17</sup>Тој со бура ќе ме сотреше\n:и ќе ги умножеше раните мои без причина.\n:<sup>18</sup>Немаше да ми дозволи здив да земам,\n:туку ќе ме преплавеше со несреќи.\n:<sup>19</sup>Ако е до сила, моќен е!\n:Ако е до правда, кој може да ме обвини?\n:<sup>20</sup>Дури и да бев невин, устата моја ќе ме обвинеше.\n:Дури и да бев непорочен, таа ќе ја изговореше вината моја.\n:<sup>21</sup>Непорочен сум, но не се грижам за себе,\n:го презирам својот живот.\n:<sup>22</sup>Сѐ едно е, и затоа велам:\n:,И непорочен и зол Тој уништува.’\n:<sup>23</sup>Кога камшикот Негов донесува ненадејна смрт,\n:Тој му се потсмева на очајот на невините.\n:<sup>24</sup>Земјата паѓа во рацете на злите,\n:а Тој ги заслепува судиите.\n:Ако не е Тој, тогаш кој е?\n:<sup>25</sup>Моите денови се побрзи од тркач,\n:летаат без искра радост.\n:<sup>26</sup>Се лизгаат како лесни кораби,\n:како орел кој се спушта врз плен.\n:<sup>27</sup>Да си кажам:,Ќе ја заборавам мојата поплака,\n:ќе го променам изразот на лицето и ќе се смеам.’\n:<sup>28</sup>Страв ме фаќа од сите мои страдања,\n:знам дека нема да ме сметаш за невин.\n:<sup>29</sup>Виновен сум?!\n:Зошто тогаш попусто да се борам?\n:<sup>30</sup>Дури и со сапун да се измиев,\n:со сода да ги измиев рацете мои,\n:<sup>31</sup>Ти во тиња би ме потопил,\n:та и облеките мои од мене да се гадат.\n:<sup>32</sup>Оти Тој не е човек како што сум јас,\n:па да можам со Него да се препирам,\n:на суд заедно да појдеме.\n:<sup>33</sup>Нема меѓу нас кој да посредува,\n:да положи рака и на обајцата,\n:<sup>34</sup>да го тргне од мене стапот Негов,\n:ужасите Негови веќе да не ме заплашуваат.\n:<sup>35</sup>Тогаш би зборувал и не би се плашел,\n:а не вака препуштен сам на себе.\n= Глава 10 =:<sup>1</sup>Ѝ се згади на душата моја од ваков живот.\n:Затоа ќе ги отпуштам уздите на мојата поплака,\n:ќе зборувам од горчината на мојата душа.\n:<sup>2</sup>Ќе му кажам на Бог:,Не осудувај ме!\n:Кажи ми за што ме обвинуваш!\n:<sup>3</sup>Уживаш ли да го згмечиш, да го шутнеш делото на своите раце,\n:додека на сплетките на злите се смешкаш?!\n:<sup>4</sup>Твоите очи од месо ли се,\n:како очи на смртник ли гледаат?\n:<sup>5</sup>Твоите денови како денови на смртник ли се?\n:Годините твои како деновите на човекот ли се,\n:<sup>6</sup>па мораш да ја проучуваш мојата вина,\n:да го испитуваш мојот грев,\n:<sup>7</sup>иако знаеш дека не сум виновен\n:и никој од Твоја рака не може да ме спаси?\n:<sup>8</sup>Твоите раце ме обликувале и ме создале.\n:Дали сега ќе се свртиш и ќе ме уништиш?\n:<sup>9</sup>Сети се дека си ме обликувал како што се обликува глината!\n:Сега во прав ли ќе ме претвориш?\n:<sup>10</sup>Зарем не си ме излеал како млеко?\n:Зарем не си ме згрутчил како сирење?\n:<sup>11</sup>Со кожа и месо си ме облекол,\n:со коски и жили си ме составил.\n:<sup>12</sup>Живот си ми дал, пријателство си ми подарил,\n:а Твоето Провидение го чуваше мојот дух.\n:<sup>13</sup>Но ова во срцето Твое си го сокрил,\n:и знам дека тоа е во Тебе:\n:<sup>14</sup>Ако грешев ќе ме видеше,\n:за мојата навреда нема да ме оставеше неказнет.\n:<sup>15</sup>Ако сум виновен - тешко мене!\n:Ако сум невин, глава не можам да кренам,\n:полн со срам и свесен за мојата рана.\n:<sup>16</sup>Ако како лав се издигнеш повторно против мене\n:и страотна сила покажеш,\n:<sup>17</sup>ако нови сведоштва изнесеш против мене\n:и гневот Твој го зголемиш,\n:силите Твои ако дојдат против мене како бранови,\n:<sup>18</sup>тогаш зошто од утробата си ме извадил?\n:Требало да умрам, требало око човечко да не ме види!\n:<sup>19</sup>Камо никогаш да не се создадов,\n:од утробата в гроб да легнев.\n:<sup>20</sup>Не завршија ли веќе моите малку денови?\n:Сврти се сега од мене, за да имам еден миг задоволство,\n:<sup>21</sup>пред да заминам, и оттаму да не се вратам,\n:во земјата на темнината и смртната сенка,\n:<sup>22</sup>земјата на мракот, сенка длабока како ноќ,\n:безредие, онаму каде што и светлината е како темнина.’“\n= Глава 11 =\n16 Софар.\n<sup>1</sup>Тогаш одговори Нааматиецот Зофар и рече:\n:<sup>2</sup>„Зарем сите овие зборови да бидат оставени без одговор?\n:Зарем човекот што вака зборуваше да биде оправдан?\n:<sup>3</sup>Молчи човеку, празни се твоите зборови!\n:Кога се потсмеваш, нема ли никој да те прекори?\n:<sup>4</sup>Велиш:,Погрешна е мојата вера,\n:јас сум чист во Твоите очи!’\n:<sup>5</sup>Камо да можеше некој да Го натера Бог да проговори,\n:да отвори уста против тебе,\n:<sup>6</sup>да ти ги открие тајните на мудроста,\n:оти вистинската мудрост има две страни.\n:Знај, Бог веќе заборавил некои од твоите гревови!\n:<sup>7</sup>Можеш ли да ги сфатиш Божјите тајни?\n:Можеш ли да ги дознаеш границите на Семоќниот?\n:<sup>8</sup>Повисоки се од небесата - што ти можеш тука да сториш?\n:Подлабоки се од пеколот - што ти за тоа можеш да знаеш?\n:<sup>9</sup>Подолги се од земјата,\n:пошироки од морето.\n:<sup>10</sup>Ако Тој помине и те стави в затвор,\n:ако свика суд, кој може да Му се спротивстави?\n:<sup>11</sup>Ги препознава Тој измамниците!\n:Кога ќе види зло, зарем тоа не го забележува?\n:<sup>12</sup>Колку што од дивото магаре може човек се роди,\n:толку глуп човек може мудар да стане.\n:<sup>13</sup>Ако Му го посветиш срцето,\n:ако испружиш рака кон Него,\n:<sup>14</sup>ако гревот од раката своја го отстраниш,\n:и не дозволиш зло да има во шаторите твои,\n:<sup>15</sup>тогаш сигурно ќе подигнеш глава без срам,\n:ќе стоиш цврсто и нема да се плашиш.\n:<sup>16</sup>Ќе ја заборавиш маката своја.\n:Нема да се сеќаваш на неа,\n:ќе биде за тебе како води што се веќе истечени.\n:<sup>17</sup>Животот ќе ти стане посветол од пладне,\n:темнината ќе ти стане како утро.\n:<sup>18</sup>Ќе бидеш безбеден, зашто постои надеж.\n:Ќе гледаш наоколу и ќе одмараш во сигурност.\n:<sup>19</sup>Ќе легнуваш, без никој да те заплашува.\n:Многумина ќе се борат за твојата наклоност.\n:<sup>20</sup>А очите на злите - ќе ги измамат.\n:За нив излез ќе нема, ќе угасне нивната надеж.“\n= Глава 12 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Да, да, само вие сте луѓе\n:и со вас мудроста ќе умре!\n:<sup>3</sup>Па и јас разум имам како и вие,\n:не сум подолен од вас.\n:Кој не ги знае овие работи?\n:<sup>4</sup>Ругло станав за моите пријатели,\n:иако кон Бог повикав и Тој ми одговори!\n:Обично ругло, иако сум праведен и непорочен!\n:<sup>5</sup>Човек, кога добро му оди, ја презира несреќата.\n:Тоа е судбината на оној чија нога се подлизнува.\n:<sup>6</sup>Мирни се шаторите на разбојниците,\n:спокојни се оние што Го предизвикуваат Бог, кои својот бог в рака го носат.\n:<sup>7</sup>Но прашајте ги сега животните и тие ќе ве научат,\n:прашајте ги птиците небесни и тие ќе ви кажат!\n:<sup>8</sup>Проговорете ѝ на земјата и таа ќе ве поучи,\n:нека ви објаснат рибите морски!\n:<sup>9</sup>Кој не ги знае сите овие работи?\n:Кој не знае дека раката ГОСПОДОВА сето тоа го создаде,\n:<sup>10</sup>дека во раката Негова е животот\n:на секое живо суштество\n:и здивот на секое човечко тело?\n:<sup>11</sup>Зарем увото не ги распознава зборовите,\n:како што јазикот ги разликува вкусовите на храната?\n:<sup>12</sup>Кај старците е мудроста,\n:многуте денови носат разум.\n:<sup>13</sup>Негова е мудроста и силата,\n:Негови се советот и разумот.\n:<sup>14</sup>Ете, што Тој ќе разурне - не може да биде обновено,\n:кого Тој ќе стави в затвор - не може да биде ослободен.\n:<sup>15</sup>Ќе ги запре водите и ете ти суша.\n:Ќе ги отпушти и ќе ја опустошат земјата.\n:<sup>16</sup>Негова е силата и победата,\n:Негови се и лажгото и излажаниот.\n:<sup>17</sup>Советници голи одведува,\n:од судии прави глупаци.\n:<sup>18</sup>Царски пранги симнува\n:и им ги препашува половините со платно.:<sup>19</sup>Свештеници голи одведува,\n:првенци соборува.\n:<sup>20</sup>Ги замолчува устите на луѓе во кои се имало доверба,\n:остроумноста од старците ја одзема.\n:<sup>21</sup>Излева презир врз благородници и :распашува појас од силните.\n:<sup>22</sup>Ги открива длабоките нешта од темнината,\n:длабоката сенка на светло ја изнесува.\n:<sup>23</sup>Воздигнува народи и ги уништува.\n:Намножува народи и ги распрснува.\n:<sup>24</sup>Ги лишува од разум водачите земни\n:и ги праќа низ пусто беспаќе.\n:<sup>25</sup>Пипаат во темнина без зрак светло,\n:ги прави да се тетерават како пијани.\n= Глава 13 =:<sup>1</sup>Сето ова окото мое го видело,\n:увото мое го чуло и разбрало.\n:<sup>2</sup>Тоа што вие го знаете,\n:го знам и јас и не сум подолен од вас.\n:<sup>3</sup>Но јас кон Семоќниот ќе проговорам,\n:мојот случај со Бог сакам да го расправам.\n:<sup>4</sup>А вие со лаги го валкате мојот образ.\n:Безвредни лекари сте, сите до еден.\n:<sup>5</sup>Кој да ве натера да замолчите!?\n:Ако замолчите, тоа за мудрост ќе ви се припише.\n:<sup>6</sup>Слушнете сега што јас имам да кажам,\n:чујте ја молбата од моите усни!\n:<sup>7</sup>Заради Бог ли зборувате злобно,\n:заради Него ли лажете?\n:<sup>8</sup>Кон Него ли ќе бидете пристрасни,\n:наместо Бог ли вие ќе се расправате?\n:<sup>9</sup>А што ако Тој добро ве испраша?\n:Можете ли и Него да го излажете,\n:како што можете да излажете човек?\n:<sup>10</sup>Ќе ве прекори, сигурно ќе ве прекори,\n:ако тајно бидете пристрасни.\n:<sup>11</sup>Неговата величественост нема ли да ве заплаши,\n:ужасите Негови нема ли да паднат на вас?\n:<sup>12</sup>Вашите поговорки се изреки од пепел!\n:Вашите одбрани се одбрани од кал!\n:<sup>13</sup>Молчете и оставете ме јас да зборувам,\n:па што ќе биде - нека биде.\n:<sup>14</sup>Зошто самиот се изложувам на опасност?\n:Зошто го земам својот живот во свои раце?:<sup>15</sup>Иако ме дотолчи, јас во Него ќе се надевам,\n:моите постапки непоколебливо пред Него ќе ги бранам.:<sup>16</sup>Ете ова може да ме спаси -\n:ниту еден безбожен не би се осмелил пред Него да дојде.\n:<sup>17</sup>Слушнете, слушнете го мојот збор!\n:Она што го велам нека ви влезе в уши!\n:<sup>18</sup>Ете, јас го приготвив мојот случај\n:и знам дека ќе бидам оправдан.\n:<sup>19</sup>Кој може против мене да изнесе обвинение?\n:Ако има таков, јас ќе замолчам и ќе умрам!\n:<sup>20</sup>Само од две нешта поштеди ме\n:и ќе престанам да се кријам од Тебе:\n:<sup>21</sup>Раката Твоја од мене отстрани ја,\n:со Својот ужас не заплашувај ме!\n:<sup>22</sup>Тогаш повикај ме и јас ќе одговорам,\n:или пак дозволи ми да зборувам и одговори ми!\n:<sup>23</sup>Колку се моите престапи и гревови?\n:Моите навреди и гревови покажи ми ги!\n:<sup>24</sup>Зошто се криеш од мене\n:и ме сметаш за непријател?\n:<sup>25</sup>Лист од ветрот оддуван ли ќе мачиш\n:или сува плева ќе прогонуваш?\n:<sup>26</sup>Горки нешта против мене напиша.\n:Направи јас да ги наследам гревовите на моите деца.\n:<sup>27</sup>Нозете мои во пранги ги окова\n:и ги следиш сите мои патишта,\n:ги бележиш сите траги на моите стапала.\n:<sup>28</sup>Така човек како гнилеж исчезнува,\n:како наметка - молци го јадат.\n= Глава 14 =:<sup>1</sup>Човек од жена роден -\n:малку се деновите негови и полни со мака.\n:<sup>2</sup>Како цвет - расцветува и овенува.\n:Одлетува како сенка и го снемува.\n:<sup>3</sup>Ете на што Ти си ги вперил очите, :мене си ме извел пред Себе на суд.\n:<sup>4</sup>Кој може да извади чисто од нечисто?\n:Никој!\n:<sup>5</sup>Човековите денови се изброени,\n:Ти го знаеш бројот на неговите месеци.\n:Границата си му ја поставил и тој не може да ја премине.\n:<sup>6</sup>Тргни го погледот од него,\n:остави го сам со себе\n:додека како аргат го минува своето време.\n:<sup>7</sup>За дрвото има надеж!\n:Ако биде пресечено, пак ќе развие,\n:фиданките негови нема да исчезнат.\n:<sup>8</sup>Ако остари коренот негов в земја,\n:ако се распадне пенушката негова во почвата,\n:<sup>9</sup>од водата ќе напупи,\n:ќе пушти фиданки и ќе бидат како нови растенија.\n:<sup>10</sup>Но човек умира, паѓа,\n:без здив останува и го нема веќе.\n:<sup>11</sup>Исчезнуваат водите од морето,\n:речните корите се празнат и пресушуваат.\n:<sup>12</sup>Така човекот паѓа и не станува.\n:Сѐ додека постојат небесата нема да се разбуди,\n:нема да стане од својот сон.\n:<sup>13</sup>Камо да се смилуваше и во гробот да ме сокриеше,\n:да ме тргнеше настрана сѐ додека не помине Твојот гнев,\n:да определеше време кога пак за мене ќе си спомнеш.\n:<sup>14</sup>Ако човек умре, ќе живее ли пак?\n:Во сите денови на мојата тешка служба ќе чекам\n:сѐ додека не дојде моето обновување.\n:<sup>15</sup>Ти ќе викнеш и јас ќе Ти одговорам,\n:ќе се зажелиш за делото на Твоите раце.\n:<sup>16</sup>Тогаш ќе ги броиш моите стапки\n:и нема да ги следиш моите гревови.\n:<sup>17</sup>Моите престапи ќе бидат запечатени во вреќа,\n:Ти ќе ставиш покривка врз мојот грев.\n:<sup>18</sup>Но, како што планината се рони и се урива,\n:карпата се поместува од своето место,\n:<sup>19</sup>како што водите камењата ги нагризуваат,\n:потоците ја измиваат почвата од земјата,\n:така Ти ја уништуваш надежта што ја има човек.\n:<sup>20</sup>Ти го надвиваш и тој исчезнува засекогаш,\n:го менуваш изразот на неговото лице и го отфрлаш.\n:<sup>21</sup>Се здобиваат со почит неговите синови,\n:а тој не знае,\n:ги соборуваат,\n:а тој тоа не го гледа.\n:<sup>22</sup>Не чувствува ништо друго освен болката на сопственото тело.\n:Не жали за никој друг освен за себе.“\n= Глава 15 =\n18 Елифаз.\n<sup>1</sup>Тогаш одговори Теманецот Елифаз и рече:\n:<sup>2</sup>„Мудар човек со празни зборови ли ќе одговара,\n:со топол источен ветер ли ќе го наполни својот стомах?\n:<sup>3</sup>Со бескорисни зборови ли ќе се препира,\n:со говори што немаат никаква вредност?\n:<sup>4</sup>Но ти ја подриваш побожноста\n:и ја намалуваш посветеноста кон Бог.\n:<sup>5</sup>Гревот устата твоја ја води\n:и си го прифатил јазикот на подмолните.\n:<sup>6</sup>Твојата уста те осудува, а не јас,\n:твоите усни сведочат против тебе!\n:<sup>7</sup>Ти ли си првиот човек што се родил,\n:пред ридовите ли си се појавил?\n:<sup>8</sup>Го слушаш ли советот Божји,\n:или си се ограничил само на сопствената мудрост?\n:<sup>9</sup>Што е тоа што ти го знаеш, а ние не го знаеме!?\n:Имаш ли остроумност што ние ја немаме?\n:<sup>10</sup>Има меѓу нас белокоси, старци,\n:луѓе чии денови се повеќе и од деновите на твојот татко.\n:<sup>11</sup>Не ли се доволни за тебе утехите од Бог,\n:Неговите нежни зборови кон тебе?\n:<sup>12</sup>Зошто срцето те понесе,\n:зошто молскаат очите твои,\n:<sup>13</sup>па си го отпуштил твојот гнев против Бог\n:и истураш од устата зборови?\n:<sup>14</sup>Што е човекот, па да биде чист?\n:Родениот од жена може ли да биде праведен?\n:<sup>15</sup>Ако Бог ни во своите свети не верува,\n:ако небесата не се чисти во очите негови,\n:<sup>16</sup>што останало за оној што е лош и расипан,\n:за човекот кој пие зло како да е вода?\n:<sup>17</sup>Слушај ме сега, јас ќе ти објаснам,\n:она што сум го видел дозволи ми да ти го кажам!\n:<sup>18</sup>Ова мудрите го објавиле, ништо не сокриле\n:од она што го добиле од своите татковци.\n:<sup>19</sup>Нив им беше дадена земјата,\n:кога сѐ уште туѓинец не минуваше меѓу нив.\n:<sup>20</sup>Сите денови на злиот човек се мачно страдање,\n:неговите изброени години се собрани за безмилосниот.\n:<sup>21</sup>Звукот на стравотиите е во неговите уши,\n:во мир разбојникот го напаѓа.\n:<sup>22</sup>Нема надеж да се извлече од темнината,\n:тој е обележан за мечот.\n:<sup>23</sup>Талка бесцелно, храна е за мрашојадецот.\n:Знае дека денот мрачен му е на дофат.\n:<sup>24</sup>Бол и мака го преплашуваат,\n:го надвиваат како цар подготвен за напад,\n:<sup>25</sup>затоа што тој кон Бог тупаница\n:крева и против Семоќниот се фали.\n:<sup>26</sup>Безобразно напаѓа против Него со своите дебели штитови,\n:<sup>27</sup>иако лицето со сало му е покриено,\n:и дебел е во половините.\n:<sup>28</sup>Ќе живее во разурнати градови,\n:во опустени куќи што се уриваат и се претвораат во шут.\n:<sup>29</sup>Богат нема да биде и имот нема да му остане.\n:Стоката негова нема да се шири по земјата.\n:<sup>30</sup>Нема да побегне од темнината,\n:пламен ќе ја спржи фиданката негова,\n:здивот од устата Божја ќе го одвее.\n:<sup>31</sup>Нека не верува во празни нешта, измамувајќи се,\n:оти за возврат ништо нема да добие.\n:<sup>32</sup>Пред време ќе му биде платено,\n:а гранката негова нема да раззеленее.\n:<sup>33</sup>Ќе биде соголен како лоза уште додека е зелено грозјето,\n:ќе му окапе цветот како на маслина,\n:<sup>34</sup>зашто пуста е дружината на безбожните,\n:оган ќе ги проголта шаторите на поткупливите!\n:<sup>35</sup>Зачнуваат мака, раѓаат зло,\n:утробата нивна изродува измама.“\n= Глава 16 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Многу вакви работи слушнав -\n:бедни утешители сте сите вие.\n:<sup>3</sup>Им дојде ли крај на вашите зборови во ветер?\n:Што ве тишти, та се препирате?\n:<sup>4</sup>И јас сум како вас.\n:Да бевте вие на мое место и јас можев да кажувам против вас дотерани говори,\n:да вртам со глава.\n:<sup>5</sup>Но јас би ве охрабрил со својата уста,\n:усните мои би ве утешиле и би ви донеле олеснување.\n:<sup>6</sup>Ако зборам, маката не ми олеснува!\n:Ако молчам, ќе ми помине ли?\n:<sup>7</sup>Ме сотре!\n:Целото домаќинство ми го запусте!\n:<sup>8</sup>Ме огради и ми стана сведок!\n:Се дигна против мене слабоста на моето тело и против мене сведочи.\n:<sup>9</sup>Ме кине и напаѓа во гнев.\n:Крцка со забите против мене.\n:Противникот мој со очи ме боде.\n:<sup>10</sup>Уста отвараат против мене за да се подбиваат,\n:по образите ме удараат, против мене се здружуваат.\n:<sup>11</sup>Бог на лоши луѓе ме препушти,\n:во канџите на злите ме фрли.\n:<sup>12</sup>Добро ми беше, но Тој ме растргна,\n:за вратот ме фати и ме скрши, ме зеде на заб.\n:<sup>13</sup>Стрелците Негови ме опколија.\n:Ги пронижуваат бубрезите мои,\n:прска жолчката моја по земјата,\n:а Нему жал не Му паѓа.\n:<sup>14</sup>Сосипа по мене удар врз удар,\n:ме нападна како војник.\n:<sup>15</sup>Вреќиште сошив врз кожата\n:и челото во прав го закопав.\n:<sup>16</sup>Лицето ми е црвено од липање,\n:околу очите длабока сенка,\n:<sup>17</sup>а сепак нема насилство во рацете мои,\n:молитвата моја е чиста.\n:<sup>18</sup>Земјо, не покривај ја крвта моја,\n:за мојот вик место за почин да нема!\n:<sup>19</sup>Ете и сега Сведокот мој е во небесата,\n:Бранителот мој е во височините.\n:<sup>20</sup>Застапникот мој ми е пријател.:Кон Бог лее солзи окото мое.\n:<sup>21</sup>Се застапува Тој за мене пред Бог,\n:Синот човечки за својот пријател.\n:<sup>22</sup>Малку години ќе поминат,\n:а јас ќе тргнам на пат без враќање.\n= Глава 17 =:<sup>1</sup>Скршен е духот мој.\n:Ми се скратија деновите.\n:Гробот ме чека.\n:<sup>2</sup>Околу мене само луѓе што ме иссмеваат.\n:Окото мое мора да го гледа нивното непријателство.\n:<sup>3</sup>Заложи се Боже за мене!\n:Кој друг ќе ми даде сигурност?\n:<sup>4</sup>Нивните умови си ги затворил и не разбираат,\n:затоа и нема да дозволиш тие да ликуваат.\n:<sup>5</sup>Ќе згаснат очите на децата на оној,\n:кој заради своја лична корист пријателите ги обвинува.\n:<sup>6</sup>Бог направи луѓето во поговорки да ме кажуваат,\n:в лице да ме плукаат.\n:<sup>7</sup>Од жал се помрачи окото мое,\n:ставата моја стана како сенка.\n:<sup>8</sup>Престрашени се праведните од ова\n:и невин против безбожен станува.\n:<sup>9</sup>Сепак праведниот ќе се држи до својот пат\n:и оној со чисти раце ќе јакне.\n:<sup>10</sup>Но сега сите вие повторно дојдете,\n:а јас меѓу вас мудар нема да најдам.\n:<sup>11</sup>Деновите мои одминаа.\n:Моите намери, она што моето срце го сакаше - се распрсна.\n:<sup>12</sup>Овие луѓе за ноќта велат дека е ден,\n:пред самата темнина велат:,Близу е светлината!’.\n:<sup>13</sup>Ако се надевам гробот дом да ми биде,\n:во темнината ако сум си послал легло,\n:<sup>14</sup>на распаѓањето ако сум му рекол:,Татко мој!’,\n:на црвите:,Мајко и сестро!’,\n:<sup>15</sup>каде тогаш надеж јас да најдам?!\n:Надеж за мене кој може да види?!\n:<sup>16</sup>Ќе дојде ли со мене до вратите на пеколот:или заедно во прав ќе се претвориме?“\n= Глава 18 =\n20 Билдад.\n<sup>1</sup>Тогаш одговори Шухиецот Вилдад и рече:\n:<sup>2</sup>„До кога ќе ги прекинуваш нашите говори.\n:Вразуми се, па тогаш ќе можеме да разговараме!\n:<sup>3</sup>Зошто се однесуваш со нас како да сме стока,\n:не сметаш за глупави?!\n:<sup>4</sup>Ти се раскинуваш во гнев!\n:Треба ли заради тебе земјата да се опустоши!?\n:Треба ли заради тебе карпа од место да се помести!?\n:<sup>5</sup>Ете, ламбата на злиот догоре.\n:Не гори пламенот во неговото огниште.\n:<sup>6</sup>Светлината стана темнина во неговиот шатор.\n:Ламбата што е до него - гасне.\n:<sup>7</sup>Ослабнува крепкоста на неговите чекори,\n:ќе падне од сопствените сплетки.\n:<sup>8</sup>Неговите стапала во мрежа го водат,\n:низ јамките нејзини се плетка.\n:<sup>9</sup>Стапица за петата го фаќа,\n:примка ненадејно го лови.\n:<sup>10</sup>Јажето на примката го чека скриено на земја,\n:стапица има на неговиот пат.\n:<sup>11</sup>Ужаси го заплашуваат на сите страни\n:и постојано му се зад петите.\n:<sup>12</sup>Гладна е пропаста за него.\n:Подготвена е несреќата да падне врз него.\n:<sup>13</sup>Јаде делови од неговата кожа,\n:ги голта краците негови првородениот на смртта.\n:<sup>14</sup>Извлечен е од безбедноста на неговиот шатор,\n:и чекори кон царот на ужасите.\n:<sup>15</sup>Во неговиот шатор ништо не останува.\n:Врз неговото живеалиште - запален сулфур.\n:<sup>16</sup>Долу коренот му се суши,\n:горе гранките му венеат.\n:<sup>17</sup>Споменот за него се губи од овој свет\n:и нема име за него по лицето на земјата.\n:<sup>18</sup>Го носат од светло во темнина,\n:од овој свет го прогонуваат.\n:<sup>19</sup>Нема потомок, нема наследник меѓу луѓето.\n:Нема преживеан во неговите живеалишта.\n:<sup>20</sup>Ќе се преплашат од судбината негова луѓето од запад,\n:луѓето од исток ужас ќе ги фати.\n:<sup>21</sup>Ете такви се живеалиштата на секој зол човек,\n:такво е местото на оној кој не Го познава Бог.“\n= Глава 19 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„До кога ќе ме мачите?\n:До кога ќе ме кршите со зборови?\n:<sup>3</sup>Еве веќе десетпати ме прекоривте,\n:бессрамно напаѓате против мене.\n:<sup>4</sup>Ако навистина сум застранил,\n:мојата грешка останува со мене.\n:<sup>5</sup>Ако баш сакате над мене да ликувате\n:и понижувачки зборови да употребувате против мене,\n:<sup>6</sup>знајте дека Бог неправедно постапи кон мене,\n:мрежата своја околу мене ја постави.\n:<sup>7</sup>Иако викам:,Неправда!’, нема одговор.\n:Викам за помош, но правда нема.\n:<sup>8</sup>Патот мој е препречен и не можам да поминам.\n:Патеките мои црна темнина ги покри.\n:<sup>9</sup>Славата моја соблечена е од мене,\n:симната е круната од мојата глава.\n:<sup>10</sup>Ме кине Тој на секоја страна дури не ме доврши,\n:ја корне надежта моја како да е дрво.\n:<sup>11</sup>Гори против мене гневот Негов,\n:ме вброи меѓу непријателите Негови.\n:<sup>12</sup>Напредуваат силно војските Негови,\n:градат насип против мене,\n:логор подигаат околу мојот шатор.\n:<sup>13</sup>Браќата мои се оддалечија од мене,\n:оние што ме познаваат се тргнаа настрана.\n:<sup>14</sup>Роднините побегнаа,\n:а пријателите ме заборавија.\n:<sup>15</sup>Оние што беа гости во мојот дом и слугинките мои, ме сметаат за туѓ.\n:Туѓинец сум во нивните очи.\n:<sup>16</sup>Слугите мои ги викам, со своја уста ги молам,\n:и не одговараат.\n:<sup>17</sup>Мојот здив е одбоен за жена ми,\n:гаден сум им на сопствените браќа.:<sup>18</sup>Дури и малите деца се подбиваат со мене.\n:Ќе се појавам и ќе почнат да ми се потсмеваат.\n:<sup>19</sup>Се гадат од мене моите блиски пријатели,\n:оние што ги сакав - се свртеа против мене.\n:<sup>20</sup>Останав само коска и кожа,:се извлеков само со кожата врз забите.\n:<sup>21</sup>Сожалете ме, сожалете ме пријатели мои,\n:оти раката Божја удри против мене!\n:<sup>22</sup>Зошто и вие ме прогонувата како и Бог?\n:Од месото мое уште ли не се наситивте?:<sup>23</sup>Камо некој да ги запише моите зборови?!\n:Камо некој да ги забележи на свиток,\n:<sup>24</sup>со алатка железна и оловна\n:засекогаш во карпа да ги вреже?!\n:<sup>25</sup>А јас знам, жив е Избавителот мој,\n:и на крајот на земјата ќе застане.\n:<sup>26</sup>И кога ќе се разбудам, иако ова мое тело е уништено,:одвоен од моето тело, ќе Го гледам Бог.\n:<sup>27</sup>Тоа јас ќе го видам, јас, моите очи, а не други,\n:срцето ми в гради чезнее за тоа.\n:<sup>28</sup>Ако си кажете: ,Како да го бркаме,\n:оти коренот на несреќата лежи во него?’,\n:<sup>29</sup>вие плашете се од мечот, зашто гневот носи казна од мечот!\n:Така ќе знаете дека има суд.“\n= Глава 20 =\n16 Софар.\n<sup>1</sup>Тогаш одговори Нааматиецот Зофар и рече:\n:<sup>2</sup>„Тешки мисли не ме оставаат,\n:немирот што се всели во мене,\n:<sup>3</sup>навредливиот прекор што го слушам и она што го разбирам\n:ме тераат да одговорам.\n:<sup>4</sup>Го знаеш ова што е уште од старо време,\n:уште откога човекот е поставен на земјата.\n:<sup>5</sup>Радоста на злите е краткотрајна,\n:задоволството на безбожните трае само еден миг.\n:<sup>6</sup>Иако гордоста негова достига до небесата\n:и главата до облаците му допира,\n:<sup>7</sup>ќе го снема засекогаш, како и неговиот измет.\n:Оние што го познаваат ќе речат:,Каде е?’\n:<sup>8</sup>Како сон, одлетува и никој веќе не може да го најде,\n:избркан како ноќно видение.\n:<sup>9</sup>Окото што го гледа - нема веќе да го гледа,\n:местото негово нема повторно да го види.\n:<sup>10</sup>Децата негови ќе мораат да им ја надоместат штетата на сиромасите,\n:со свои раце ќе мораат назад да го вратат неговото богатство.\n:<sup>11</sup>Коските негови полни со младешка бујност\n:со него в прав ќе лежат.\n:<sup>12</sup>Иако злото е слатко во неговата уста,\n:и под јазик го крие,\n:<sup>13</sup>жал му е да се одвои од него\n:и в уста го држи,\n:<sup>14</sup>ќе скисне храната во неговата утроба,\n:во отров змијски ќе се претвори.\n:<sup>15</sup>Проголта богатство, но ќе го исплука.\n:Бог ќе го натера да го поврати од својата утроба.\n:<sup>16</sup>Отров змијски ќе цица,\n:заб од отровница ќе го убие.\n:<sup>17</sup>Нема да ужива во потоците,\n:во реките од мед и кајмак.\n:<sup>18</sup>Она со труд што ќе го заработи,\n:ќе мора да го врати без и да го проба.\n:Во добивката од неговата трговија нема да ужива.\n:<sup>19</sup>Газеше, ги осиромашуваше бедните,\n:куќа грабна која тој не ја ѕидал.\n:<sup>20</sup>Иако лакомоста негова за насит не знае,\n:со она што го натрупал не може да се спаси.\n:<sup>21</sup>Ништо не остана тој да не го приграби,\n:затоа нема да опстане неговото богатство.\n:<sup>22</sup>Среде полно изобилие на мака ќе се најде,\n:во полна сила несреќа ќе падне врз него.\n:<sup>23</sup>Мевот кога ќе го наполни, ќе го отпушти против него Бог Својот огнен гнев,\n:ќе падне врз него со силен лом.\n:<sup>24</sup>Бега од железно оружје,\n:стрела бронзена го погодува.\n:<sup>25</sup>Ја извлекува, ја истргнува од својот грб,\n:го вади нејзиниот блескав врв од својот џигер.\n:Ужас ќе го обземе.\n:<sup>26</sup>Црна темнина ги демне неговите богатства.\n:Оган неразгорен ќе ги проголта,\n:ќе изеде сѐ што останало во неговиот шатор.\n:<sup>27</sup>Небесата ќе ја откријат неговата вина\n:и земјата ќе се крене против него.\n:<sup>28</sup>Сѐ што има во неговиот дом ќе биде збришано,\n:одвлечено на денот на Божјиот гнев.:<sup>29</sup>Таква судбина има зол човек од Бог,\n:такво наследство му е определено од Бог.“\n= Глава 21 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Слушнете го, слушнете го мојот збор\n:и вака утешете ме!\n:<sup>3</sup>Издржете додека јас зборувам,\n:а потоа иссмевајте ме.\n:<sup>4</sup>Кон човек ли е упатена мојата поплака?\n:Зошто да не бидам нестрплив?\n:<sup>5</sup>Погледнете ме и стаписајте се!\n:Рака ставете на уста!\n:<sup>6</sup>Кога само ќе помислам ужас ме фаќа,\n:трепет телото ми го обзима.\n:<sup>7</sup>Зошто злите живеат,\n:остаруваат и си ја зголемуваат силата?\n:<sup>8</sup>Гледаат како нивните деца зацврснуваат околу нив,\n:како јакне нивното потомство.\n:<sup>9</sup>Домовите им се безбедни,\n:стапот Божји не е врз нив.\n:<sup>10</sup>Биковите нивни оплодуваат и нема промашување.\n:Се телат кравите нивни и не пометнуваат.\n:<sup>11</sup>Ги пуштаат децата како добиток\n:и нивните чеда играат наоколу.\n:<sup>12</sup>Пеат со тамбура и харфа,\n:се женат со звукот на сворчето.\n:<sup>13</sup>Во напредок им минуваат деновите\n:и наеднаш в гроб се симнуваат.\n:<sup>14</sup>А сепак на Бог Му велат:,Тргни се од нас!\n:Не сакаме да ги познаваме Твоите патишта!.\n:<sup>15</sup>Кој е Тој Семоќен, та ние да Му служиме?!\n:Што полза имаме, та да Му се молиме?’\n:<sup>16</sup>Но тие не се заслужни за својот напредок\n:и јас не ги слушам советите на злите.:<sup>17</sup>Колку често ламбата на злите гасне и на нив доаѓа тешка несреќа,\n:судбина која Бог во Својата лутина им ја определува.\n:<sup>18</sup>Тие се како слама пред ветер,\n:како плева која виорот ја одвејува.\n:<sup>19</sup>Велат:,Бог за неговиот син собира казна.\n:Нему лично нека му плати па да знае.\n:<sup>20</sup>Со свои очи да си го види уништувањето,\n:од гневот на Семоќниот нека пие.\n:<sup>21</sup>Оти нему - многу му е гајле за семејството што останува зад него,\n:кога месеците што му се определени ќе завршат?’\n:<sup>22</sup>Можат ли Бог да го учат,\n:кога Тој и најголемите ги суди?\n:<sup>23</sup>Еден човек умира во полна сила,\n:лесно и спокојно.\n:<sup>24</sup>Телото му добро нахрането,\n:сржта на коските негови - полна.\n:<sup>25</sup>Друг пак умира огорчен в душа,\n:немајќи можност да ужива во нешто добро.\n:<sup>26</sup>Заедно во прав лежат\n:и црви ги покриваат.\n:<sup>27</sup>Гледате, ги знам јас вашите мисли\n:и итрините со кои сакате да ме обвините.\n:<sup>28</sup>Велите, каде е домот на големецот?\n:Каде е шаторот на злиот човек?\n:<sup>29</sup>Зарем не сте се распрашале меѓу патниците,\n:зарем не сте чуле што тие велат?\n:<sup>30</sup>Лошиот човек е поштеден од денот на тешката несреќа,\n:од денот на гневот тие се спасени!:<sup>31</sup>Кој може да го обвини в лице за неговото поведение?\n:За она што го сторил кој ќе му отплати?\n:<sup>32</sup>И тој в гроб ќе биде однесен,\n:и неговиот гроб ќе биде чуван.\n:<sup>33</sup>Слатка му е земјата во долината.\n:По него луѓето го следат,\n:пред него такви како него без број.\n:<sup>34</sup>Како можете да ме утешите со бесмислици?\n:Вашите одговори не се ништо друго туку лаги!“\n= Глава 22 =\n18 Елифаз.\n<sup>1</sup>Тогаш одговори Теманецот Елифаз и рече:\n:<sup>2</sup>„Може ли човек да му биде од полза на Бог?\n:Дури и мудриот може ли Нему да му користи?\n:<sup>3</sup>Какво задоволство има Семоќниот ако ти си бил праведен,\n:што добива Тој ако биле непорочни патиштата твои?\n:<sup>4</sup>Заради твојата побожност ли те прекорува\n:и изнесува против тебе обвиненија?\n:<sup>5</sup>Лошотијата твоја не е ли голема\n:и гревовите твои зарем не се бескрајни?\n:<sup>6</sup>Без причина си барал залог од твоите браќа\n:и облека си соблекувал од голите.\n:<sup>7</sup>Не си му дал вода да се напие на уморниот,\n:си ја сокрил храната од гладниот,\n:<sup>8</sup>иако беше моќен човек, почитуван,\n:иако земја поседуваше и живееше на неа.\n:<sup>9</sup>Вдовици си испраќал со празни раце,\n:силата на сираци си им ја кршел.\n:<sup>10</sup>Затоа змии има околу тебе,\n:затоа неочекувана опасност те заплашува,\n:<sup>11</sup>затоа е темница и ништо не гледаш,\n:затоа потоп од води те преплави.\n:<sup>12</sup>Не е ли Бог во висините на небесата?\n:Види колку величествени се највисоките ѕвезди?\n:<sup>13</sup>А сепак велиш:,Што знае Бог?\n:Низ темница суди,\n:<sup>14</sup>обвивка од темни облаци е околу Него,\n:па не нѐ гледа додека оди по сводот небесен.’\n:<sup>15</sup>Ќе се држиш ли до стариот пат,\n:по кој одеа престапниците,\n:<sup>16</sup>оние што беа однесени пред време\n:и поплава ги збриша нивните темели?\n:<sup>17</sup>Оние кои Му велеа на Бог:,Тргни се од нас!’,\n:и:,Што може Семоќниот да ни стори?!’\n:<sup>18</sup>А сепак ги наполнија куќите нивни со богатства.\n:Далеку да биде советот на злите од мене!\n:<sup>19</sup>Гледаат праведните и се радуваат,\n:невините им се потсмеваат:\n:<sup>20</sup>,Уништени се непријателите наши!\n:Богатството нивно оган го проголта!’\n:<sup>21</sup>Покори се сега и смири се со Него!\n:Така ќе дојде за тебе напредок.\n:<sup>22</sup>Прифати ги сега упатствата од Негова уста,\n:стави ги Неговите зборови во срцето свое!\n:<sup>23</sup>Ако се вратиш кај Семоќниот, ќе бидеш обновен.\n:Отстрани го злото од твојот шатор!\n:<sup>24</sup>Фрли ги сега грутките на буниште,\n:твоето Офирско злато меѓу камењата во клисурите!\n:<sup>25</sup>Тогаш Семоќниот ќе биде твое злато\n:и твое одбрано сребро.\n:<sup>26</sup>Тогаш во Семоќниот ќе се зарадуваш,\n:кон Бог ќе го кренеш лицето свое.\n:<sup>27</sup>Ќе му се молиш и Тој ќе те слушне.\n:Ќе го исполниш она за што си дал завет.\n:<sup>28</sup>Штом нешто ќе решиш, тоа и ќе ти се оствари,\n:а на твоите патишта ќе блеска светлина.\n:<sup>29</sup>Кога некого ќе унижат, ќе речеш:,Воздигни го!’.\n:Луѓето со смирен поглед Тој ќе ги спаси.\n:<sup>30</sup>Дури и оние кои не се невини Тој ќе ги избави.\n:Ќе бидат избавени преку чистотата на твоите раце.“\n= Глава 23 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Дури и денот горчлив ми стана од мојата поплака.\n:Тешка е раката Негова врз мене и покрај моето стенкање.\n:<sup>3</sup>Кога би можел да знам каде е,\n:каде можам да Го најдам,\n:кога би можел во Неговото пребивалиште да отидам,\n:<sup>4</sup>би го изложил пред Него мојот случај,\n:устата моја би се исполнила со докази.\n:<sup>5</sup>Би дознал што Тој има да ми одговори\n:и би слушнал што Тој има да ми каже.\n:<sup>6</sup>Ќе ми се спротивстави ли Тој со Својата голема сила?\n:Не, нема да ме притера в ќош со обвиненија.:<sup>7</sup>Таму праведен човек може да го изложи својот случај\n:пред Него и јас засекогаш ќе бидам избавен од мојот Судија.\n:<sup>8</sup>Ако кон исток тргнам, таму Тој не е,\n:кон запад, пак не можам да Го најдам.\n:<sup>9</sup>На север, каде што Тој работи - не можам да го видам,\n:ќе се сврти кон југ и од Него ниту зрак не допира до мене.\n:<sup>10</sup>Но Тој го знае мојот пат.\n:Ме проверува како што се проверува златото,\n:и јас ќе испаднам прав.\n:<sup>11</sup>Стапалата мои трагите Негови ги следат,\n:до патот Негов се држам и не се свртувам на страна.\n:<sup>12</sup>Не сум ги напуштил заповедите кажани од усните Негови.\n:Повеќе од лебот насушен ги пазам зборовите од устата Негова.\n:<sup>13</sup>Но тој е единствен и кој може да Му се спротивстави?\n:Што сака тоа прави.\n:<sup>14</sup>Ете, Тој го спроведува она што го решил за мене\n:и многу такви нешта има кај Него.\n:<sup>15</sup>Затоа пред Него сум преплашен.\n:Кога само ќе помислам, страв ме фаќа од Него.\n:<sup>16</sup>Бог направи да ми малакса срцето,\n:ме преплаши Семоќниот.\n:<sup>17</sup>Сепак овој мрак, оваа црна темнина што се обвива околу мене\n:не ме натера да молчам.\n= Глава 24 =:<sup>1</sup>Зошто Семоќниот време не одредил за суд?\n:Зошто оние кои Го познаваат попусто ги чекаат тие денови?\n:<sup>2</sup>Меѓници поместуваат,\n:стока крадат и потоа ја пасат,\n:<sup>3</sup>магариња од сираци одземаат,\n:вол од вдовица во залог земаат.\n:<sup>4</sup>Ги туркаат бедните од патот,\n:ги тераат сиромашните во земјата да се кријат од нив.\n:<sup>5</sup>Како диви магариња во пустина - одат наоколу,\n:работат, храна бараат, пустата земја храна обезбедува за нивните деца.\n:<sup>6</sup>Како стока храна по полињата собираат,\n:лозјата на злите ги доберуваат.\n:<sup>7</sup>Голи ноќеваат зашто немаат облека,\n:ништо со што да се покријат пред студот.\n:<sup>8</sup>Дождот од планините ги врне,\n:и тие, немајќи засолниште - карпите ги гушкаат.\n:<sup>9</sup>Сираче од гради грабаат,\n:дете од сиромав како плата за долг земаат.\n:<sup>10</sup>Голи талкаат немајќи облека.\n:Гладни носат снопови.\n:<sup>11</sup>Маслини гмечат во нивните градини,\n:газат во гмечалките и пак страдаат од жед.\n:<sup>12</sup>Луѓето од градовите стенкаат,:душите на ранетите викаат за помош,\n:но Бог не го казнува злото.\n:<sup>13</sup>Тие се меѓу бунтовниците против светлината\n:и не ги знаат патиштата нејзини,\n:на патеките нејзини не стојат.\n:<sup>14</sup>Штом дневното светло исчезне,\n:станува убиецот и убива сиромашен и беден.\n:Ноќе тој е како крадец.\n:<sup>15</sup>Окото на прељубникот приквечерина чека,\n:си мисли:,Око човечко нема да ме види.’\n:и си го прикрива лицето.\n:<sup>16</sup>Ноќе во куќи упаѓаат, а дење се кријат,\n:светлината за нив не знае.\n:<sup>17</sup>Дури и утрото е за нив длабока сенка,\n:со ужасите на темнината пријателство склопуваат.\n:<sup>18</sup>Пена се тие по површината на водата,\n:проколнат е делот нивни во земјата,\n:никој не оди по патот кон лозјата.\n:<sup>19</sup>Како што сушата и топлината ја пијат водата од снегот,\n:така пеколот ги граба грешните.\n:<sup>20</sup>Утробата ги заборава, црвот врз нив се гости,\n:за нив спомен не останува.\n:Злото се крши како дрво.\n:<sup>21</sup>Ограбуваат неплодна и бездетна жена,\n:кон вдовица милост немаат.\n:<sup>22</sup>Но Бог ги одвлекува моќните со Својата сила.\n:Тие се подигаат, но не се сигурни за своите животи.\n:<sup>23</sup>Тој може да ги остави да одморат, чувствувајќи се безбедно,\n:но очите Негови будно ги следат нивните патишта.\n:<sup>24</sup>Малку ќе се порадуваат и ќе ги снема.\n:Ќе бидат соборени, прибрани како и сите други.\n:Ќе бидат ожнеани како класје.\n:<sup>25</sup>Ако не е така, кој ќе докаже дека лажам,\n:кој ќе ги порекне моите зборови?“\n= Глава 25 =\n20 Билдад.\n<sup>1</sup>Тогаш Шухиецот Вилдад одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Власта и страхопочитта Нему му припаѓаат,\n:Тој воведува ред во висините.\n:<sup>3</sup>Им има ли број на силите Негови?\n:Врз кого сѐ не изгрева светлината Негова?\n:<sup>4</sup>Како тогаш може човек да биде праведен пред Бог?\n:Како може да биде чист оној што од жена е роден?\n:<sup>5</sup>Ако дури и месечината не е светла,\n:дури и ѕвездите не се чисти во очите Негови,\n:<sup>6</sup>што останало тогаш за човекот кој е ларва,\n:за синот човечки кој е само еден црв.“\n= Глава 26 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов одговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Како си му помогнал ти на немоќен,\n:како си спасил рака ослабена?\n:<sup>3</sup>Како си го советувал оној кој нема мудрост,\n:каква голема остроумност си покажал?\n:<sup>4</sup>Со кого си ги споделил овие зборови,\n:чиј дух зборува од тебе?\n:<sup>5</sup>На мака се мртвите, оние под водите\n:и оние што живеат во нив.\n:<sup>6</sup>Гола е смртта пред Него,\n:уништувањето поклопец нема.\n:<sup>7</sup>Го распнува северното небо над празниот простор,\n:ја држи земјата над празнината.\n:<sup>8</sup>Ги замотува водите во облаци\n:и облаците не се кинат под нив.\n:<sup>9</sup>Го покрива лицето на полната месечина,\n:распостилајќи пред неа облаци.\n:<sup>10</sup>Го одбележал хоризонтот над водите,\n:како граница меѓу светлината и темнината.\n:<sup>11</sup>Столбовите на небесата треперат\n:преплашени пред Неговиот прекор.\n:<sup>12</sup>Со Неговата сила го размати морето,\n:со Својата мудрост на парчиња ја раскина Рахав.:<sup>13</sup>Од Неговиот здив небесата се разведруваат,\n:Неговата рака ја прободе змијата што демне.\n:<sup>14</sup>Ете ова се само краиштата на Неговите патишта,\n:само тивок шепот слушаме од Него!\n:А грмотевиците на Неговата сила, кој може да ги разбере?“\n= Глава 27 =<sup>1</sup>Потоа Јов ја продолжи својата беседа и рече:\n:<sup>2</sup>„Жив е Бог, Оној Кој ми ја одрече правдата,\n:Семоќниот, Кој ја огорчи душата моја,\n:<sup>3</sup>се колнам дека сѐ дури живот има во мене\n:и здивот Божји е во ноздрите мои,\n:<sup>4</sup>нема да проговорат усните мои зло,\n:мојот јазик измама нема да изрече!\n:<sup>5</sup>Ни на крај памет не ми паѓа\n:и додека да умрам нема да признаам дека вие сте во право!\n:Јас нема да се одречам од својата непорочност.\n:<sup>6</sup>Ќе се држам до мојата праведност\n:и никогаш нема да се одвојам од неа.\n:Додека сум жив мојата совест нема да ме прекори.\n:<sup>7</sup>Нека бидат моите противници како злите,\n:нека бидат моите непријатели како неправедните,\n:<sup>8</sup>но каква е надежта на безбожниот кога тој ќе биде уништен,\n:кога Бог ќе му го земе животот?!\n:<sup>9</sup>Повикот негов ќе го слушне ли Бог\n:кога ќе го сполета несреќа?\n:<sup>10</sup>Во Семоќниот ќе се зарадува ли,\n:ќе Го призива ли Бог во секое време?\n:<sup>11</sup>Јас ќе ве научам за силата на Бог,\n:патиштата на Семоќниот нема да ги кријам.\n:<sup>12</sup>Ете, сето ова вие сте го виделе.\n:Зошто се тогаш овие бессмислени разговори?\n:<sup>13</sup>Еве што Бог определил за злите\n:и какво наследство безмилосните добиваат од Семоќниот:\n:<sup>14</sup>>Колку и да се бројни децата негови,\n:нивната судбина е меч.\n:Наследниците негови храна никогаш нема да имаат доволно.\n:<sup>15</sup>Оние што ќе преживеат - чума ќе ги погреба\n:и нивните вдовици нема да плачат по нив.\n:<sup>16</sup>Иако собира сребро како прав\n:и трупа облеки како кал,\n:<sup>17</sup>става на страна, ама праведниот ќе се облекува,\n:среброто негово невините ќе го поделат.\n:<sup>18</sup>Гради куќа како молец,\n:како полјакот - колиба прави,\n:<sup>19</sup>легнува да одмара богатиот, но за последен пат.\n:Ќе отвори очи и сѐ е веќе готово.\n:<sup>20</sup>Ужас ќе го обземе како потоп,\n:ноќе бура ќе го грабне.\n:<sup>21</sup>Источниот ветер го крева и го нема веќе,\n:го одвејува од неговото место.\n:<sup>22</sup>Беснее против него безмилосно.\n:Од силината Негова тој главечки ќе одлета.\n:<sup>23</sup>Плескаат со раце по него,\n:го иссвиркуваат од местото негово.’\n= Глава 28 =:<sup>1</sup>Ете, за среброто рудник постои\n:и место каде што златото се прочистува.\n:<sup>2</sup>Железото од земја се вади,\n:бакар од руда се топи.\n:<sup>3</sup>Човек мракот го победува, во секое окно пребарува,\n:трага по руда во црната темнина.\n:<sup>4</sup>Длаби рударски окна далеку од населените места,\n:каде што човечка нога не стапнува.\n:Се јази и ниша далеку од луѓето.\n:<sup>5</sup>Од земјата лебот си го вади,\n:под неа се преобразува како низ оган.\n:<sup>6</sup>Местото на сафирите им е во карпи на земјата,\n:меѓу нејзиниот прав злато има.\n:<sup>7</sup>Сокриен е тој пат, не го знае птица граблива,\n:не го гледа око соколово.\n:<sup>8</sup>Не стапнуваат на него горделивите синови,\n:не демне по него лавот.\n:<sup>9</sup>Против кремен камен напаѓа раката негова,\n:ги соголува корењата на планините.\n:<sup>10</sup>Меѓу карпите окна ископува\n:и окото негово секое богатство го гледа.\n:<sup>11</sup>Речните извори ги пребарува\n:и скриените нешта на виделина ги вади.\n:<sup>12</sup>Но мудроста, каде може да се најде?\n:Каде е пребивалиштето на разумот?\n:<sup>13</sup>Човек вредноста нејзина не може да ја сфати\n:и таа во земјата на живите не може да се најде.\n:<sup>14</sup>Бездната вели:,Не е во мене.’,\n:морето вели:,Не е со мене.’\n:<sup>15</sup>Не може да се купи со најчисто злато,\n:со сребро не може да се одмери цената нејзина.\n:<sup>16</sup>Не може да се купи ни со офирско злато,\n:со оникс скапоцен ниту со сафир.\n:<sup>17</sup>Не се споредува со злато или кристал,\n:не може да се има ни за златен накит.\n:<sup>18</sup>Коралите и јасперот да не ги ни спомнуваме,\n:цената на мудроста ја надминува цената на рубините.\n:<sup>19</sup>Не се споредуваат со неа топазите од Куш,\n:со чисто злато не може да се купи.\n:<sup>20</sup>А мудроста од каде доаѓа?\n:Каде е пребивалиштето на разумот?\n:<sup>21</sup>Сокриена е од очите на секое живо суштество,\n:тајна е за птиците небесни.\n:<sup>22</sup>Уништувањето и Смртта велат:\n:,Со ушите наши шепотот нејзин го слушнавме.’\n:<sup>23</sup>Бог ги разбира нејзините патишта,\n:Тој го знае пребивалиштето нејзино,\n:<sup>24</sup>оти Тој до краевите на земјата гледа,\n:сѐ под небесата наблјудува.\n:<sup>25</sup>Кога на ветрот сила му даде\n:и водите со мерка ги премери,\n:<sup>26</sup>за дождот закон кога постави\n:и патот на молњите им го одреди,\n:<sup>27</sup>тогаш на неа погледна,\n:ја процени, ја одобри и ја испроба.\n:<sup>28</sup>Му рече на човекот:\n:,Да се плашиш од Господ, тоа е мудрост!\n:Да се држиш настрана од злото, тоа е разум!’“\n= Глава 29 =<sup>1</sup>Потоа Јов ја продолжи својата беседа и рече:\n:<sup>2</sup>„Ах, кога некој би ми ги вратил одминатите месеци,\n:деновите кога Бог пазеше на мене,\n:<sup>3</sup>Кога ламбата Негова светеше над мојата глава,\n:преку светлината Негова одев низ темнината.\n:<sup>4</sup>Во деновите кога бев во полна сила,\n:кога пријателството со Бог го исполнуваше мојот дом,\n:<sup>5</sup>кога Семоќниот беше со мене,\n:а околу мене моите деца,\n:<sup>6</sup>кога од моите патишта капеше кајмак\n:и камењата за мене излеваа потоци маслиново масло.\n:<sup>7</sup>Поминував низ градската порта,\n:на плоштадот седнував,\n:<sup>8</sup>младите ме гледаа и се тргнуваа настрана,\n:старите стануваа и стоеја,\n:<sup>9</sup>првенците се стегаа да зборуваат,\n:со рака уста покриваа,\n:<sup>10</sup>благородниците глас не пуштаа,\n:а јазикот за непце им се лепеше.\n:<sup>11</sup>Секој што ќе ме чуеше, добро за мене зборуваше.\n:Секој што ќе ме видеше ме фалеше,\n:<sup>12</sup>оти сиромашни што за помош викаа спасував,\n:сираци на кои нема кој да им помогне.\n:<sup>13</sup>Луѓе на смртна постела ме благословуваа,\n:на вдовици сум помагал така што срцето им пееше.\n:<sup>14</sup>Праведност врз себе ставив и во неа се облеков.\n:Како наметка и круна ми беше мојата чесност.\n:<sup>15</sup>Очи бев за слепите и стапала за сакатите.\n:<sup>16</sup>Татко бев за бедните,\n:а се завзедов и за делото на непознатиот.\n:<sup>17</sup>Му ги скршив вилиците на злиот,\n:жртвата од неговите заби ја извлеков.\n:<sup>18</sup>И си мислев, во својот дом ќе си умрам,\n:а моите денови ќе бидат многубројни како песок.\n:<sup>19</sup>Мојот корен до водите ќе досега,\n:а росата ќе ноќева на моите гранки.\n:<sup>20</sup>Мојата слава нема да опадне,\n:моја сила нема да се намали.:<sup>21</sup>Мене желно ме слушаа,\n:на мојот совет во молк се чекаше.\n:<sup>22</sup>Мојот збор беше последен.\n:Што ќе кажев, кажано беше.:<sup>23</sup>Ме чекаа како дожд,\n:а устите нивни пиеја како пролетна роса.\n:<sup>24</sup>Ќе им се насмеев и не им се веруваше.\n:Скапоцена беше за нив мојата насмевка.:<sup>25</sup>Јас патот за нив го одбирав. Главен бев.\n:Како цар престојував меѓу војниците,\n:како оној што тажните ги утешува.\n= Глава 30 =:<sup>1</sup>А сега ме иссмеваат луѓе помлади од мене,\n:оние чии татковци не би ги пуштил ни меѓу кучињата на моите стада.\n:<sup>2</sup>Силата на рацете нивни за мене беше ништо.\n:Побегна животната сила од нив.\n:<sup>3</sup>Истоштени од глад и сиромаштија, талкаат по пустината,\n:ноќеваат во пусти и исушени предели.\n:<sup>4</sup>Собираат солени растенија меѓу грмушките,\n:корените на метлата се нивна храна.\n:<sup>5</sup>Од пријателите избркани,\n:викаат по нив како да се крадци.\n:<sup>6</sup>Во сувите речни корита живеат,\n:по дупките во земјата и карпите.\n:<sup>7</sup>’Ржат меѓу трњето,\n:се туткаат под грмушките.\n:<sup>8</sup>Накот долен и безимен,\n:протеран од земјата.\n:<sup>9</sup>И сега јас на такви им станав песна за подбив!\n:Таквите мене во поговорки ме кажуваат!\n:<sup>10</sup>Се гнасат и бегаат од мене,\n:не се свенат в лице да ме плукнат.\n:<sup>11</sup>Сега, откако Бог ја скина струната на мојот лак и ме нападна,\n:и тие се разуздаа пред мене.\n:<sup>12</sup>Оддесно племе ме напаѓа,:за моите стапала примка поставува,\n:против мене градат земјени насипи за опсада.\n:<sup>13</sup>Го кршат мојот пат и во уништувањето успеваат,\n:без никој да им помогне.\n:<sup>14</sup>Напредуваат како пробојна греда,\n:навлегуваат меѓу урнатините.\n:<sup>15</sup>Мене ужас ме обзима.\n:Како ветер исчезнува моето достоинство,\n:како облак се разнесува сигурноста моја.\n:<sup>16</sup>Животот мој гасне од мене,\n:ме приклештиле денови на страдање.\n:<sup>17</sup>Ноќта коските ми ги пронижува,\n:болките не престануваат да ме глодаат.\n:<sup>18</sup>Во големината на Својата сила Тој ми стана како облека,\n:ме стега како јака на наметката.\n:<sup>19</sup>Ме фрла во калта и ме сведе на прав и пепел.\n:<sup>20</sup>Викам кон Тебе, но Ти не ми одговараш.\n:Станувам, а Ти ме гледаш,\n:<sup>21</sup>си се свртел безмилосно против мене,\n:со силината на Твојата рака ме напаѓаш.\n:<sup>22</sup>Ме грабаш, пред ветрот ме ставаш,\n:во бурата ме фрлаш на сите страни.\n:<sup>23</sup>Знам дека до смрт ќе ме доведеш,\n:до местото кое е определено за сите живи.\n:<sup>24</sup>Кон скршен човек никој рака не подава,\n:кога во својата несреќа тој за помош вика.\n:<sup>25</sup>Но зарем јас не плачев за оние на кои тежок ден им дојде?\n:Зарем не страдаше душата моја за сиромашните?\n:<sup>26</sup>Кога на добро се надевав - зло ми дојде.\n:Кога светло очекував - црна темнина ме покри.\n:<sup>27</sup>Утробата ми се првртува без прекин,\n:ми дојдоа денови на страдање.\n:<sup>28</sup>Одам поцрнет, но не од сонцето.\n:Стојам во собранието и викам за помош.\n:<sup>29</sup>Брат им станав на шакалите,\n:другар на ќерките уткини.\n:<sup>30</sup>Кожата моја поцрне,\n:телото треска го гори.\n:<sup>31</sup>Тажи харфата моја,\n:кавалот свири со плачлив глас.\n= Глава 31 =:<sup>1</sup>Завет склопив со очите мои!\n:Како тогаш можам да погледнам кон девојка?\n:<sup>2</sup>Оти каква судбина определил Бог одозгора,\n:какво наследство оставил Семоќниот од висините?\n:<sup>3</sup>Зарем не е тоа уништување за злиот\n:и пропаст за оној кој неправично постапува?\n:<sup>4</sup>Зарем Тој не ги гледа патиштата мои,\n:зарем не ја брои секоја моја стапка?\n:<sup>5</sup>Ако чекорев во лаги,\n:ако по измама брзаше ногата моја,\n:<sup>6</sup>нека Бог ме премери со точни мерки,:и ќе ја знае Тој мојата непорочност!\n:<sup>7</sup>Ако стапките мои беа скршнале од патот,\n:ако срцето ми беше тргнало по очите,\n:ако разврат ми се беше залепил за рацете,\n:<sup>8</sup>јас што сум сеел други нека јадат,\n:искоренети нека бидат посевите мои!\n:<sup>9</sup>Ако моето срце беше заведено од жена,\n:покрај портата на соседот ако сум демнел,\n:<sup>10</sup>мојата жена за друг нека меле,\n:со неа други нека спијат,\n:<sup>11</sup>оти тоа е срамно и тој грев треба да се осуди!\n:<sup>12</sup>Тоа е оган што гори сѐ до Уништувањето,\n:и сета моја жетва ќе ја уништи.\n:<sup>13</sup>Ако сум го погазил правото на слугата и слугинката моја,\n:кога се пожалиле против мене,\n:<sup>14</sup>тогаш што ќе правам кога Бог ќе ми се спротивстави,\n:кога ќе викне кон мене - што ќе Му одговорам?\n:<sup>15</sup>Оној Кој мене ме создаде во утробата, зарем не ги создаде и нив?\n:Оној Кој нѐ обликуваше во утробата зарем не е истиот и за мене и за нив?\n:<sup>16</sup>Ако сум им одрекол помош на сиромашните\n:и око на вдовица ако сум натажил,\n:<sup>17</sup>ако својот леб сам сум го јадел\n:и не сум го делел со сирак, -\n:<sup>18</sup>а уште од својата младост сум го гледал како да сум му татко,\n:уште од мајчина утроба за вдовица сум се грижел, -\n:<sup>19</sup>ако сум видел некој да гине зашто нема облека,\n:наметка да нема кутриот,\n:<sup>20</sup>и нивните срца не ме благословиле,\n:со волната од моите овци ако не сум ги затоплил,\n:<sup>21</sup>ако сум подигнал рака против сирак,\n:кога сум знаел дека во судот имам влијание,\n:<sup>22</sup>раката од рамо да ми окапе,\n:во лактот да се скрши!\n:<sup>23</sup>Јас се плашев Бог да не ме уништи\n:и заради неговата величественост не можев да правам такви нешта.\n:<sup>24</sup>Ако на златото сум се надевал,\n:ако на чистото злато сум му рекол:,Ти си мојата сигурност!’,\n:<sup>25</sup>ако сум се радувал на моето големо богатство,\n:на изобилието што го беа заработиле рацете мои,\n:<sup>26</sup>ако кон сјајното сонце сум гледал\n:и кон прекрасната месечина како се лизга по небото,\n:<sup>27</sup>и тајно било намамено срцето мое,\n:па својата рака со уста сум ја бакнувал,\n:<sup>28</sup>и тоа е грев што треба да се осуди,\n:затоа што така би му бил неверен на Бог во висините.\n:<sup>29</sup>Ако сум се радувал на несреќата на моите непријатели\n:и сум се сител што зло ги снашло,\n:<sup>30</sup>иако не сум ѝ дозволил на устата моја да греши,\n:да изрече клетва против нив,\n:<sup>31</sup>ако луѓето во мојот дом ниту еднаш не рекле:\n:,Кој сѐ не се најал од неговото месо?’\n:<sup>32</sup>на улица туѓинец не ноќевал,\n:вратите мои за патник биле отворени,\n:<sup>33</sup>ако како Адам сум ги прикривал своите гревови,\n:ако в срце сум ја криел својата вина,\n:<sup>34</sup>затоа што многу сум се плашел од толпата\n:и ужас ме фаќал од презирот на родовите,\n:та сум молчел и не сум излегувал од врата,\n:<sup>35</sup>(О да имаше кој да ме слушне! Еве го мојот потпис,\n:а Семоќниот нека ми одговори,\n:нека го напише Своето обвинение Оној што ме обвинува.\n:<sup>36</sup>На рамо ќе ја носам,\n:на глава ќе ја поставам како круна,\n:<sup>37</sup>отчет ќе му давам за секоја моја стапка,\n:ќе му приоѓам како на кнез.)\n:<sup>38</sup>ако против мене повика земјата моја,\n:и со неа браздите нејзини заплачат,\n:<sup>39</sup>ако плодот нејзин без надокнада сум го јадел\n:и сум го скршил духот на нејзините закупци,\n:<sup>40</sup>наместо жито - трње нека изникнат,\n:наместо јачмен - плевел.“\nЗавршија зборовите на Јов.\n= Глава 32 =\n22 Елиху.\n<sup>1</sup>Така овие тројца луѓе престанаа да му одговараат на Јов, зашто тој беше праведен во нивните очи.\n<sup>2</sup>Но се разгоре гневот на Елиху, син на Барахел, Бузиец од семејството Рам, се разгоре гневот негов против Јов, зашто тој себе си се оправдуваше, а не Бог.\n<sup>3</sup>И против тројцата пријатели на Јов се разгоре неговиот гнев затоа што, иако го обвинија, не успеаја да го побијат.\n<sup>4</sup>Елиху почека пред да му проговори на Јов, зашто тие беа постари по години од него.\n<sup>5</sup>Но кога виде Елиху дека тројцата луѓе немаат што повеќе да кажат, пламна неговиот гнев,\n<sup>6</sup>и одговори Елиху, синот на Бузиецот Барахел и рече:\n:„Јас сум млад по години, а вие сте стари.\n:Затоа се плашев и се свенев да ви го кажам она што го знам.\n:<sup>7</sup>Мислев, старите треба да зборуваат,\n:многуте години да поучуваат на мудрост.\n:<sup>8</sup>Но Духот што е во човекот,\n:здивот на Семоќниот е Оној Кој дава разум.\n:<sup>9</sup>Луѓето не се мудри затоа што им се многу годините,\n:ниту пак затоа што се стари - исправно расудуваат.\n:<sup>10</sup>Затоа велам:,Слушнете ме,\n:јас ќе ви кажам што јас знам!’\n:<sup>11</sup>Ете, јас чекав додека вие зборувавте,\n:ги слушав вашите расудувања,\n:чекав додека вие баравте зборови, за да се искажете.\n:<sup>12</sup>Ви посветив полно внимание!\n:Но, ете, никој од вас не докажа дека Јов не е во право,\n:никој не ги поби неговите докази.\n:<sup>13</sup>Не велете:,Ја најдовме мудроста!\n:Бог нека го собори, а не човек!’\n:<sup>14</sup>Јов не упати против мене зборови,\n:и затоа јас нема да му одговорам онака како што му одговоривте вие.\n:<sup>15</sup>Тие се обесхрабени и немаат што повеќе да кажат,\n:зборовите ги издадоа.\n:<sup>16</sup>Мора ли и јас да чекам, затоа што тие не зборуваат,\n:затоа што стојат немајќи никаков одговор?\n:<sup>17</sup>И јас ќе го кажам мојот дел,\n:и јас ќе проговорам за она што го знам,\n:<sup>18</sup>оти полн сум со зборови,\n:духот во мене не ме остава.\n:<sup>19</sup>Ете, ќе пукне во мене\n:како вино затворено во нови мевови.\n:<sup>20</sup>Морам да зборувам, за да ми олесни.\n:Морам да отворам уста и да одговорам.\n:<sup>21</sup>Нема да покажам пристрасност кон човек,\n:и нема на човек да му ласкам,\n:<sup>22</sup>оти ако бев вешт во ласкање,\n:Создателот веднаш би ме отстранил.\n= Глава 33 =:<sup>1</sup>Слушни ги сега Јове моите зборови!\n:Обрни внимание на сѐ што ќе кажам!\n:<sup>2</sup>Гледај, ја отворам устата,\n:зборува во неа мојот јазик!\n:<sup>3</sup>Зборовите мои доаѓаат од непорочноста на моето срце,\n:а моите усни искрено го зборуваат она што го знам.\n:<sup>4</sup>Духот Божји ме создаде,\n:и здивот на Семоќниот ми дава живот.\n:<sup>5</sup>Ако можеш, одговори ми!\n:Спротивстави ми се! Подготви се!\n:<sup>6</sup>Гледај, и јас пред Бог сум како и ти.\n:И јас исто така од глината сум земен.\n:<sup>7</sup>Стравот од мене нема зошто да те вознемирува.\n:Мојата рака нема врз тебе да биде тешка.\n:<sup>8</sup>Но ти рече, моите уши чуја,\n:го слушнав звукот на твоите зборови:\n:<sup>9</sup>,Чист сум и без грев.\n:Чист сум и во мене вина нема,\n:<sup>10</sup>а Бог грешки ми наоѓа, з\n:а Свој непријател ме смета!\n:<sup>11</sup>Нозете во пранги ми ги окова,\n:будно пази на сите мои патишта.’\n:<sup>12</sup>Но, ти велам, не си во право!\n:Бог е поголем од кој било човек.\n:<sup>13</sup>Зошто се жалиш кон Него?\n:Тој не дава отчет ниту за една своја постапка!:<sup>14</sup>Бог зборува еднаш на еден начин, другпат на друг,\n:а човек тоа не го забележува.\n:<sup>15</sup>Во сон, во ноќно видение кога длабок сон го совладува човекот,\n:кога се превртува во постелата,\n:<sup>16</sup>тогаш Тој може да ги отвори ушите човекови\n:и да ги запечати во нив своите предупредувања.\n:<sup>17</sup>Да го одврати човек од она што го прави,\n:да го сочува од гордоста,\n:<sup>18</sup>да ја сочува душата негова и животот негов од јамата,\n:за да не погине од меч.\n:<sup>19</sup>Или пак го напаѓа со болки и го фрла на постела,\n:со тегоби непрестани во коските,\n:<sup>20</sup>така што храната му станува одвратна,\n:одбраните јадења - одбивни за душата негова.\n:<sup>21</sup>Се топи снагата негова,\n:избиваат на површина коските, дотогаш скриени.\n:<sup>22</sup>Се приближува душата негова кон јамата,\n:животот негов кон оние што носат смрт.\n:<sup>23</sup>Сепак, да има покрај него ангел посредник,\n:еден од илјада, да му ги каже на човек неговите права,\n:<sup>24</sup>да биде милостив кон него и да каже:\n:,Поштеди го од јамата, јас најдов откупнина за него.’\n:<sup>25</sup>тогаш се обновува телото негово како на дете,\n:станува како во деновите на неговата младост.\n:<sup>26</sup>Му се моли на Бог и наоѓа милост,\n:гледа кон Него со извик на радост, и Тој пак му го враќа на човекот неговиот чист образ.\n:<sup>27</sup>Се враќа кај луѓето и вели:\n:,Грешев, го извртував правото,\n:но Тој не ми плати според она што сум го заслужил.\n:<sup>28</sup>Ја избави душата моја од јамата -\n:мојот живот на светло го изведе.’\n:<sup>29</sup>Ете, сите овие нешта Бог му ги прави на човекот,\n:двапати, па и трипати.\n:<sup>30</sup>Ја одвраќа душата негова од јамата,\n:за неговиот живот светлина да го огрее.\n:<sup>31</sup>Внимавај Јове, слушни ме!\n:Молчи, а јас ќе зборувам!\n:<sup>32</sup>Ако имаш што да ми кажеш, одговори ми!\n:Зборувај, зашто јас сакам ти да бидеш очистен!\n:<sup>33</sup>Ако пак немаш, слушај ме!\n:Молчи и јас ќе те научам на мудрост!“\n= Глава 34 =<sup>1</sup>Тогаш Елиху проговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Слушнете ги зборовите мои мудреци!\n:Чујте ме вие луѓе кои знаење имате!\n:<sup>3</sup>Оти увото ги испитува зборовите,\n:а јазикот храната ја вкусува.\n:<sup>4</sup>Ајде да одвоиме што е право,\n:да научиме што е добро,\n:<sup>5</sup>оти Јов вели:,Невин сум,\n:но Бог го одрекува моето право.\n:<sup>6</sup>Иако сум праведен, ме сметаат за лажго!\n:Иако сум без вина, Неговата стрела ме погоди и неизлечиво ме рани!’\n:<sup>7</sup>Каков човек е Јов?\n:Пие потсмев како вода!\n:<sup>8</sup>Се дружи со злосторници,\n:се приклучува кон злите луѓе,\n:<sup>9</sup>оти вели:,Ништо корист нема човек\n:кога постапува по Божја волја.’\n:<sup>10</sup>Слушнете ме сега луѓе разумни!\n:Далеку е злото од Бог!\n:Далеку е Семоќниот од неправдата.\n:<sup>11</sup>Му отплатува на секој според неговите дела,\n:му возвраќа според она како постапува.\n:<sup>12</sup>Бог сигурно не постапува погрешно,\n:Семоќниот не ја извртува правдата.\n:<sup>13</sup>Кој Го постави Него над земјата?\n:Кој Го постави да заповеда над целиот свет?\n:<sup>14</sup>Ако само срцето Му посака,\n:па Духот, здивот Свој го повлече,\n:<sup>15</sup>ќе изгине сето човештво\n:и луѓето во правта ќе се вратат!\n:<sup>16</sup>Ако ме разбирате, слушнете го ова,\n:чујте што јас имам да ви кажам:\n:<sup>17</sup>Може ли оној што ја мрази правдата да управува?\n:Ете, ќе Го обвините ли Праведниот, Моќниот?\n:<sup>18</sup>Оној кој на царот му вели: -,Безвреден си!’,\n:на благородникот -,Зол си!’.\n:<sup>19</sup>Кој не покажува пристрасност кон кнезови\n:и не ги сака богатите повеќе од сиромашните,\n:оти сите тие се дело на Неговите раце.\n:<sup>20</sup>Наеднаш умираат, на сред ноќ луѓе бидуваат протресени и починуваат.\n:Ги отстранува моќните без со рака да ги допре.\n:<sup>21</sup>Оти очите Негови се насочени кон човековите патишта,\n:и секоја негова стапка Тој ја гледа.\n:<sup>22</sup>Нема темно место, нема длабока сенка\n:за таму да се скријат оние кои прават зло.\n:<sup>23</sup>Бог не мора додатно да го испитува човекот,\n:за да дојде пред Него на суд.\n:<sup>24</sup>Ги урива моќните без да ги испрашува\n:и поставува други на нивно место,\n:<sup>25</sup>оти ги знае Тој нивните дела.\n:Преку ноќ ги соборува и тие се веќе уништени.\n:<sup>26</sup>Ги казнува за нивната лошотија,\n:на место каде што можат сите тоа да го видат,\n:<sup>27</sup>оти тие се свртеа од Него\n:и не почитуваат ниту еден од Неговите патишта.\n:<sup>28</sup>Направија крикот на сиромашните да дојде до Него -\n:повикот на бедните Тој го слушна.\n:<sup>29</sup>Но ако Тој остане да молчи, тогаш Кој ќе обвини?\n:Ако си го сокрие лицето, кој ќе може да Го види?\n:Сепак, Тој заповеда и над луѓето и над народите.\n:<sup>30</sup>Не дозволува безбожен да управува,\n:да постапува стапици за луѓето.\n:<sup>31</sup>Да претпоставиме некој кон Бог да каже:\n:,Виновен сум, нема повеќе да те навредувам!\n:<sup>32</sup>Тоа што не го гледам, Ти научи ме!\n:Лошо ако сум постапувал, нема повеќе така да правам.’\n:<sup>33</sup>Според вас, треба ли тогаш Тој да го награди,\n:затоа што се откажал од грешење?\n:Ете, вие решете, а не јас!\n:Кажете го она што го знаете!\n:<sup>34</sup>Кажете ми луѓе разумни!\n:Вас ве слушам луѓе мудри!\n:<sup>35</sup>Јов без знаење зборува,\n:во неговите зборови нема остроумност.\n:<sup>36</sup>О, кога Јов до ср’ж би бил испитан,\n:оти одговара како злите луѓе!\n:<sup>37</sup>Кон своите гревови додава бунтовништво,\n:меѓу нас со раце плеска и ги умножува своите зборови против Бог.“\n= Глава 35 =<sup>1</sup>Тогаш Елиху проговори и рече:\n:<sup>2</sup>„Ова за праведно ли го сметаш?\n:Велиш:,Мене Бог ќе ме очисти!’,\n:<sup>3</sup>а сепак прашуваш:,Што корист имам, што добивам ако не грешам?’:<sup>4</sup>Јас ќе ти одговорам\n:и тебе и на твоите пријатели!\n:<sup>5</sup>Погледни кон небесата и гледај,\n:види ги облаците високо над себе.\n:<sup>6</sup>Ако грешиш, што тоа за Него значи?\n:Ако се многу твоите гревови, како со тоа ќе Му наштетиш?\n:<sup>7</sup>Ако си праведен, што со тоа ќе Му дадеш,\n:што Тој од твоја рака добива?\n:<sup>8</sup>Твоето зло погодува само луѓе како тебе,\n:твојата праведност им користи само на синовите човечки!\n:<sup>9</sup>Под тежината на угнетувањето тие стенкаат\n:и молат за избавување од раката на моќните,\n:<sup>10</sup>но никој не вели:,Каде е Бог, Мојот Создател,\n:кој дава песни во ноќта,\n:<sup>11</sup>Кој ни дава повеќе знаење од ѕверовите земни,\n:не прави помудри од птиците небесни?’:<sup>12</sup>Кога тие ќе викнат, Тој не одговара,\n:заради дигноглавоста на злите.\n:<sup>13</sup>Ете, празни зборови Бог не слуша,\n:Семоќниот не им обрнува внимание.\n:<sup>14</sup>Колку помалку ќе слуша кога ти велиш:\n:,Каде е, не Го гледам? Мојот случај е пред Него и чека!’\n:<sup>15</sup>и уште велиш дека Неговиот гнев никогаш не казнува,\n:и Тој воопшто не го забележува злото.:<sup>16</sup>Така Јов напразно уста отвара\n:и умножува неразумни зборови.“\n= Глава 36 =<sup>1</sup>Па продолжи Елиху и рече:\n:<sup>2</sup>„Потрпете ме уште малку и јас ќе ви покажам,\n:дека има многу што да се каже во корист на Бог.\n:<sup>3</sup>Моето знаење од далеку сум го добил,\n:и на мојот Создател јас му припишувам правда,\n:<sup>4</sup>оти моите зборови без сомнение не се лажни,\n:со вас е човек со совршено знаење.\n:<sup>5</sup>Гледајте, Бог е моќен, но никого не презира.\n:Моќен е и непоколеблив во своите намери.\n:<sup>6</sup>Злите не ги одржува во живот,\n:туку на натажените им го дава нивното право.\n:<sup>7</sup>Не симнува очи од праведните,\n:со цареви на престол ги поставува,\n:ги зацарува засекогаш и ги издигнува.\n:<sup>8</sup>Но на оние што се оковани во ланци,\n:цврсто стегнати од јажињата на жалоста,\n:<sup>9</sup>Тој им ги кажува нивните престапи\n:и нивните дела што дрско ги правеле,\n:<sup>10</sup>и им ги отвора ушите, за да се поправат,\n:па им заповеда да се откажат од злото.\n:<sup>11</sup>Ако послушаат и Му служат,\n:ќе ги проживеат деновите свои во напредок,\n:и годините свои во уживање.\n:<sup>12</sup>Но ако не послушаат - од меч ќе загинат,:ќе умрат без мудрост.\n:<sup>13</sup>Безбожните во срце кријат јад.\n:Дури и кога во пранги ги оковува,\n:тие не повикуваат за помош.\n:<sup>14</sup>Умира душата нивна уште во младоста,\n:а нивното тело меѓу машките блудници.:<sup>15</sup>Но тие што страдаат Тој ги избавува,\n:кога се во жалост ушите им ги отвора.\n:<sup>16</sup>Така Тој и тебе те повикува\n:од канџите на маката кон пространо место, без огради.\n:Удобна трпеза за тебе е поставена,\n:преполна со одбрана храна.\n:<sup>17</sup>Но, сега врз тебе е натоварена пресуда против зол човек.\n:Судот и правдата те достигнаа.\n:<sup>18</sup>Не дозволувај богатството да те намами,\n:големиот поткуп да те заведе.:<sup>19</sup>Ќе те одржи ли твоето богатство,\n:сѐ што може моќен човек да направи,\n:па да не бидеш во мака?\n:<sup>20</sup>Не посакувај ја ноќта,\n:за да ги одвлечкаш луѓето од нивните места!\n:<sup>21</sup>Внимавај! Не свртувај се кон злото,\n:оти тоа повеќе го сакаш отколку жалоста!\n:<sup>22</sup>Гледај, возвишен е Бог во Неговата сила!\n:Кој е учител како Него!?\n:<sup>23</sup>Кој може да Му каже по кој пат да оди?\n:Кој може да Му каже:,Погрешно постапи!’.\n:<sup>24</sup>Запомни, ти мораш да му се восхитуваш на она што Тој го прави,\n:а луѓето во песни го опеваат!\n:<sup>25</sup>Сето човештво тоа го гледа,\n:луѓе оддалеку наблјудуваат.\n:<sup>26</sup>Гледај, голем е Бог и ние не можеме да Го разбереме!\n:Бројот на годините Негови не можеме да го дознаеме.\n:<sup>27</sup>Ги крева водените капки,\n:а тие се цедат од пареата и се претвораат во дожд.:<sup>28</sup>Влага излеваат облаците,\n:врне изобилие врз човештвото.\n:<sup>29</sup>Ете, кој може да го разбере простирањето на облаците?\n:Кој може да разбере како Тој грми од Неговото живеалиште?\n:<sup>30</sup>Гледај, распара молњата Негова под Него,\n:нурнува сѐ до морските длабочини.\n:<sup>31</sup>Така управува со народите:и обезбедува изобилна храна.\n:<sup>32</sup>Раката Негова е полна со молњи,\n:и Тој им заповедува да светкаат.\n:<sup>33</sup>Громот Него го објавува,\n:дури и стоката знае кога Тој се приближува.= Глава 37 =:<sup>1</sup>Ете, од ова срцето мое тупка,\n:од местото скока.\n:<sup>2</sup>Слушни го, слушни рикањето на гласот Негов,\n:грмотевицата што од устата Негова излегува!\n:<sup>3</sup>Ја отпушта молњата под целото небо,\n:сѐ до краиштата на земјата.\n:<sup>4</sup>Зад Него глас рика, грми звукот на Неговата величественост,\n:и кога ќе се слушне гласот Негов,\n:ништо не може да ги задржи.\n:<sup>5</sup>Грми Бог со Својот глас на чудесен начин,\n:големи нешта прави кои ние не ги разбираме.\n:<sup>6</sup>На снегот му вели: ,Паѓај на земјата!’,\n:на дождот: ,Врнете, паѓајте силни поројни дождови!’\n:<sup>7</sup>Тој ја прекинува работата на секој човек,:за да ги дознаат луѓето делата Негови.\n:<sup>8</sup>Бегаат животните под заклон,\n:во дувлата остануваат.\n:<sup>9</sup>Излегува бурата од својата одаја,\n:студот од разбеснетите ветрови.\n:<sup>10</sup>Здивот Божји мраз произведува\n:и водните пространства ги смрзнува.\n:<sup>11</sup>Со влага ги полни облаците,\n:со молњи ги распара.\n:<sup>12</sup>Тој ги води да кружат по нивните патеки над земјата,\n:им заповеда што треба да прават над целиот свет.\n:<sup>13</sup>Ги собира или за казна, или пак за да ја натопи земјата\n:и да ѝ покаже наклоност.\n:<sup>14</sup>Слушни го ова Јове!\n:Застани и замисли се над овие Божји чуда!\n:<sup>15</sup>Дали знаеш како Бог управува со нив,\n:како ја светка молњата меѓу облаците?\n:<sup>16</sup>Дали знаеш како се држат облаците на небо?\n:Дали ги знаеш чудата на Оној Кој е совршен во знаењето?\n:<sup>17</sup>Ти што се капеш во пот во твоите облеки,\n:додека земјата лежи потисната од јужниот ветер,\n:<sup>18</sup>можеш ли со Него да ги распнуваш небесата,\n:тешки како огледало од леана бронза?\n:<sup>19</sup>Кажи ни што треба да Му кажеме,\n:оти заради мракот, ние не можеме да најдеме зборови.\n:<sup>20</sup>Да Му кажеме ли: ,Јас ќе зборувам!’?\n:Зарем човек свесно ќе побара да биде проголтан?\n:<sup>21</sup>Никој не може да гледа право во сонцето кое блеска на небесата,\n:откако ветрот дувнал и ги исчистил.\n:<sup>22</sup>Бог Кој е страотно величествен од север доаѓа,\n:во златен сјај облеан!\n:<sup>23</sup>Семоќниот не можеме да го досегнеме!\n:Возвишен во Неговата сила, правда и голема правичност\n:Тој никого не ги угнетува.\n:<sup>24</sup>Затоа луѓето го почитуваат,\n:а и Тој, зарем не ги цени мудрите во срце?“\n= Глава 38 =\n23 ГОСПОД проговорува.\n<sup>1</sup>Тогаш ГОСПОД му одговори на Јов од бурата и рече:\n:<sup>2</sup>„Кој е овој што го замрачува Мојот совет\n:со зборови лишени од знаење?\n:<sup>3</sup>Препашај си ги сега половините како маж!\n:Јас ќе те прашувам, а ти да ми одговараш!\n:<sup>4</sup>Каде беше ти кога Јас ги поставив темелите на земјата?\n:Кажи ми ако знаеш и разбираш!\n:<sup>5</sup>Кој ги одреди нејзините размери,\n:кој распна преку неа мерно јаже, ти сигурно знаеш?!\n:<sup>6</sup>На што се поставени нејзините подножја,\n:кој го постави нејзиниот аголен камен,\n:<sup>7</sup>додека сите утрински ѕвезди заедно пееја\n:и викаа од радост сите синови Божји?!\n:<sup>8</sup>Кој му ги затвори портите на морето,\n:кога бликна, од утробата кога излезе,\n:<sup>9</sup>кога облаците наметка негова ги направив\n:и во црна темнина го завив,\n:<sup>10</sup>кога границите му ги утврдив\n:и ги наместив лостот и вратите?!\n:<sup>11</sup>Кога реков: ,До тука смееш да дојдеш,\n:и не оди понатаму!\n:Тука нека запираат твоите горди бранови!’\n:<sup>12</sup>Си му заповедал ли ти на утрото,\n:си ѝ покажал ли на зората каде ѝ е местото?\n:<sup>13</sup>Си ги фатил ли краевите на земјата,\n:па да ги истресеш од неа злите?\n:<sup>14</sup>Таа се обликува како глина под печат,\n:и сѐ на неа останува како на наметка.\n:<sup>15</sup>Им се одзема на злите светлото,\n:раката бунтовничка се крши.\n:<sup>16</sup>Си продрел ли до изворите на морето,\n:си одел ли по дното на бездната?\n:<sup>17</sup>Ти биле ли покажани портите на смртта -\n:портите на длабоката сенка дали си ги видел?\n:<sup>18</sup>Ја сфаќаш ли огромната пространост на земјата,\n:кажи ми ако го знаеш сево ова?\n:<sup>19</sup>Каде е патот кон пребивалиштето на светлината,\n:темнината знаеш ли каде има дом?\n:<sup>20</sup>Можеш ли да ги одведеш во нивните места?\n:Го знаеш ли патот до нивните пребивалишта?\n:<sup>21</sup>Ти сигурно знаеш! Ти уште оттогаш си роден,\n:и голем е бројот на деновите твои!\n:<sup>22</sup>Си влегол ли во складиштето на снегот,\n:складиштето на градот си го видел ли,\n:<sup>23</sup>кои ги чувам за тешко време,\n:за ден на војна и битка?\n:<sup>24</sup>Во која насока се распрснува молњата,\n:брише источниот ветер по земјата?\n:<sup>25</sup>Кој им пробива корита на пороите\n:и пат на грмотевиците во бурата,\n:<sup>26</sup>на водата во земја каде човек не живее,\n:пуста земја без жива душа во неа,\n:<sup>27</sup>за да се напои сувата земја и пустината,\n:и да избијат никулци од трева?\n:<sup>28</sup>Има ли дождот татко?\n:Кој ги раѓа капките роса?\n:<sup>29</sup>Од чија утроба доаѓа ледот,\n:сланата небесна кој ја раѓа?\n:<sup>30</sup>Водите како камен цврсти стануваат\n:кога ќе замрзнат површините на бездната.\n:<sup>31</sup>Можеш ли да ги зауздаш прекрасните Плејади,:уздите на Орион можеш ли да ги отпуштиш?\n:<sup>32</sup>Можеш ли да ги изведеш соѕвездијата во вистинското време,\n:да ја водиш +Мечката со мечињата?\n:<sup>33</sup>Ги знаеш ли законите на небесата,\n:можеш ли ги поставиш да владеат над земјата?\n:<sup>34</sup>Може ли твојот глас да допре до облаците?\n:Со потоп од вода можеш ли да се преплавиш?\n:<sup>35</sup>Ти ли ги пушташ молњите да излезат?\n:Те известуваат ли тие: ,Еве не!’?\n:<sup>36</sup>Ти ли ги обдари срцата со мудрост?\n:Кој му дава разум на умот?\n:<sup>37</sup>Кој, во својата мудрост ги брои облаците,\n:ќуповите небесни Кој ги превртува,\n:<sup>38</sup>кога прашината ќе натежне\n:и грутките земја ќе се слепат?\n:<sup>39</sup>Ти ли ѝ ловиш на лавицата плен,\n:гладта на лавовите ти ли ја наситуваш,\n:<sup>40</sup>кога се притајуваат во дувлата,\n:лежат по грмушките чекајќи?\n:<sup>41</sup>Кој за гавранот храна обезбедува,\n:кога пилињата негови кон Бог пиштат, талкат гладни за храна?\n= Глава 39 =:<sup>1</sup>Знаеш ли кога треба да се породат горските кози?\n:Пораѓањето на срните си го гледал ли?\n:<sup>2</sup>Ги броиш ли месеците додека да им дојде времето,\n:го знаеш ли часот кога треба да се породат?\n:<sup>3</sup>Ќе се наведнат, ќе ги родат младенчињата\n:и ќе завршат нивните породилни болки.\n:<sup>4</sup>Растат младенчињата, јакнат во дивината,\n:си заминуваат и повеќе не им се враќаат.\n:<sup>5</sup>Кој го отпуштил на слобода дивото магаре,\n:оглавникот кој му го одврзал?\n:<sup>6</sup>Јас му ја дадов пустината дом да му биде,\n:солените рамници - негови живеалишта.\n:<sup>7</sup>Им се потсмева на градските гужви.\n:Не слуша како вика возачот.\n:<sup>8</sup>Талка по ридовите - неговото пасиште,\n:трага по сѐ што е зелено.\n:<sup>9</sup>Ќе го натераш ли дивиот бик да ти служи,\n:ќе остане ли ноќе покрај твоите јасли?\n:<sup>10</sup>Можеш ли да го задржиш дивиот бик впрегнат во бразда,\n:ќе ора ли тој долини зад тебе?\n:<sup>11</sup>Ќе се потпреш ли на неговата голема сила,\n:ќе му ја препуштиш ли твојата напорна работа?\n:<sup>12</sup>Можеш ли да му довериш да ти го собере житото,\n:на гумното твое ќе го прибере ли?\n:<sup>13</sup>Крилјата на нојот весело плескаат,\n:но не се како зглобовите и перјата на штркот.\n:<sup>14</sup>Ете, тој на земја ги лежи своите јајца,\n:во песокта ги грее,\n:<sup>15</sup>заборава дека нога може да ги скрши,\n:или диво животно да ги згази.\n:<sup>16</sup>Грубо се однесува кон своите млади,\n:како да не се негови.\n:Неговиот труд, кога нема грижа, е залуден,\n:<sup>17</sup>затоа што Бог не го обдари со мудрост,\n:и не му даде дел од разумот.\n:<sup>18</sup>А сепак, кога ќе расшири перја да трча,\n:му се потсмева и на коњот и на јавачот.\n:<sup>19</sup>Ти ли му ја даваш на коњот силата негова,\n:вратот негов ти ли со грива развеана го облекуваш?\n:<sup>20</sup>Ти ли го правиш да скока како скакулец -\n:ужас влева неговото гордо ’ржење?\n:<sup>21</sup>Удира жестоко со копитата, се радува на својата сила,\n:одвај чека кавга да започне.\n:<sup>22</sup>На стравот му се потсмева, од ништо не се плаши,\n:од работ на мечот не се крие.\n:<sup>23</sup>Треска тагарчето крај него,\n:блескаат стрелите и копјата.\n:<sup>24</sup>Од возбуда и бес земја јаде,\n:додека трубата свири тој мирно не застанува.\n:<sup>25</sup>Штом трубата екне, тој фркнува: ,Аха!’,\n:од далеку битка намирисува -\n:викањето на заповедниците и бојниот вик.\n:<sup>26</sup>Со твоја мудрост ли лета соколот,\n:шири крилја кон југ.\n:<sup>27</sup>На твоја заповед ли се виши орелот,\n:на високо гнездо вие?\n:<sup>28</sup>Во карпите пребива,\n:таму ноќта ја поминува,\n:камените гребени му се тврдина.\n:<sup>29</sup>Од таму храна бара,\n:со очи оддалеку ја забележува,\n:<sup>30</sup>а пилињата негови со крв се гостат.\n:Каде има мрши, таму е и тој.“\n= Глава 40 =<sup>1</sup>Па му проговори ГОСПОД на Јов и му рече:\n:<sup>2</sup>„Оној кој се препира со Семоќниот, ќе се поправи ли?\n:Нека одговори оној кој го обвинува Бог!“\n<sup>3</sup>Тогаш Јов му одговори на ГОСПОД и рече:\n:<sup>4</sup>„Види колку сум јас безвреден.\n:Можам ли да Ти одговорам?!\n:Рака на уста ставам.\n:<sup>5</sup>Еднаш проговорив, но не дадов одговор.\n:Двапати проговорив, но нема да зборувам веќе.“\n<sup>6</sup>Тогаш ГОСПОД му проговори на Јов од бурата и рече:\n:<sup>7</sup>„Препашај си ги сега половините како маж!\n:Јас ќе те прашувам, а ти да ми одговараш!\n:<sup>8</sup>Ти ли ќе ја ставаш под сомневање Мојата праведност?!\n:Ти ли ќе Ме обвинуваш, за себе да се оправдаш?!\n:<sup>9</sup>Ете, имаш ли рака како Бог?\n:Со ваков глас можеш ли да грмиш?\n:<sup>10</sup>Ајде украси се со слава и величественост!\n:Во чест и величие облечи се!\n:<sup>11</sup>Отпушти ја гневноста на својата лутина!\n:Погледни на секој горделив човек и унижи го!\n:<sup>12</sup>Погледни на секој горделив човек и направи го скромен!\n:Уништи ги злите по нивните места!\n:<sup>13</sup>Закопај ги сите нив во правта!\n:Лицата нивни закопај ги во гробот!\n:<sup>14</sup>Тогаш ќе ти признаам дека твојата десница може да те спаси.\n:<sup>15</sup>Погледни го бехемотот,\n:кого сум го создал заедно со тебе. Трева пасе како вол,\n:<sup>16</sup>ете, силата негова му е во бедрата,\n:јаки се мускулите на неговиот желудец!\n:<sup>17</sup>Мавта со опашката дебела како кедрово дрво.\n:Жилите на неговите бедра тесно се испреплетени.\n:<sup>18</sup>Коските негови - цевки бронзени,\n:краците негови - стапови железни.\n:<sup>19</sup>Тој е прв меѓу созданијата Божји,\n:а сепак Создателот може да му пријде со Неговиот меч.\n:<sup>20</sup>Производите од ридовите му ги носат,\n:а сите диви животни играат наоколу.\n:<sup>21</sup>Под лотосите лежи,\n:се крие под алгите и гази.\n:<sup>22</sup>Лотосите ја кријат сенката негова,\n:околу него тополи што растат покрај потоците.\n:<sup>23</sup>Ете, ќе се разбранува реката, а тој не се вознемирува,\n:безбеден е иако Јордан бранови крева против устата негова.\n:<sup>24</sup>Може ли некој со око да го фати?\n:Со јадица може ли да го прободе неговиот нос?\n= Глава 41 =:<sup>1</sup>Можеш ли левијатанот со јадица да го уловиш,\n:со јаже можеш ли да го врзеш неговиот јазик?\n:<sup>2</sup>Можеш ли узда низ носот да му провреш,\n:со кука образот негов можеш ли да го прободеш?\n:<sup>3</sup>Дали тој за милост ќе те моли\n:и ќе ти проговори слатки зборови?\n:<sup>4</sup>Ќе склучи ли договор со тебе,\n:ќе направиш ли од него свој доживотен роб?\n:<sup>5</sup>Можеш ли од него да направиш галениче, како птица?\n:Ќе го врзеш ли на јаженце за своите девојчиња?\n:<sup>6</sup>Ќе тргуваат ли со него продавачите,\n:ќе го поделат ли меѓу себе трговците?\n:<sup>7</sup>Ќе му ја наполниш ли кожата со копја,\n:главата негова со рибарски стрели?\n:<sup>8</sup>Само допри го, па таа битка ќе ја запомниш\n:и нема веќе ни да ти текне да го допираш.\n:<sup>9</sup>Оној кој се надева дека може да го совлада - се лаже.\n:Само што ќе го погледне човек, веднаш се откажува.\n:<sup>10</sup>Никој не е доволно жесток, за да го разбуди.\n:Тогаш кој против Мене ќе застане?\n:<sup>11</sup>Кој ќе тврди дека Јас мора да платам?\n:Сѐ под небесата е Мое.\n:<sup>12</sup>Не, Јас нема да проговорам заради неговите раце или нозе,\n:нема да проговорам заради неговата сила или убавина.\n:<sup>13</sup>Кој може да ги соголи надворешните делови на неговата кожа,\n:кој може да му пријде со двојни узди?\n:<sup>14</sup>Портите на неговата уста, заокружени со застрашувачки заби,\n:кој може да ги отвори?\n:<sup>15</sup>Грбот негов нанижан со штитови,:затворени, цврсто запечатени.\n:<sup>16</sup>Секој штит до соседниот е залепен,\n:така што ни воздух меѓу нив не може да помине.\n:<sup>17</sup>Еден до друг цврсто се прилепени,\n:се држат и не можат да се одвојат.\n:<sup>18</sup>Кога кива, светлина молска,\n:очите негови - како зраците на зората.\n:<sup>19</sup>Од устата негова пламени јазици избиваат,\n:огнени искри летаат.\n:<sup>20</sup>Од ноздрите негови дим излегува,\n:како грне зовриено над оган од трски.\n:<sup>21</sup>Здивот негов јаглен запалува,\n:пламен избива од устата негова.\n:<sup>22</sup>Силата пребива во вратот негов,\n:пред него сѐ малаксува.\n:<sup>23</sup>Слоевите на неговото тело цврсто се слепени,\n:врз него се држат и не се поместуваат.\n:<sup>24</sup>Градниот кош му е цврст како камен,\n:тврд како долен воденичен камен.\n:<sup>25</sup>Кога ќе се крене, моќните треперат,\n:од неговите траги бегаат.\n:<sup>26</sup>Мечот што допира до него ништо не постига,\n:а ни стрелата, копјето или куката.\n:<sup>27</sup>За него железото е како слама,\n:бронзата како дрво изгниено.\n:<sup>28</sup>Стрелите не го тераат во бег,\n:камењата од праќата за него се како плева.\n:<sup>29</sup>Остенот за него е како сламка,\n:се смее на ѕвечкањето на сабјата.\n:<sup>30</sup>Долната страна му е начичкана со остри ќерамиди,\n:и остава траги во калта како остен за вршидба.\n:<sup>31</sup>Ја разматува бездната како да е котел,\n:го бранува морето како да е грнче за масло.\n:<sup>32</sup>Остава зад себе блескава бразда,\n:да помисли човек на бездната ѝ побелела косата.\n:<sup>33</sup>Ништо на земјата не е како него,\n:создаден да нема страв.\n:<sup>34</sup>Ги гледа сите дигноглави,\n:царува над сите горделиви.“\n= Глава 42 =\n24 Јов.\n<sup>1</sup>Тогаш Јов му одговори Јов на ГОСПОД и рече:\n:<sup>2</sup>„Знам јас дека сето ова Ти можеш да го направиш,\n:и пред Твоите намери ништо не може да се испречи.\n:<sup>3</sup>(Велиш:) ,Кој е тој што Мојот совет го замрачува неразумно?.’\n:Да, јас проговорив за нешта што не ги знам,\n:нешта прекрасни, кои се далеку над мене и не ги разбирам.\n:<sup>4</sup>(Велиш:),Слушни ме сега и Јас ќе зборувам,\n:Јас ќе поставувам прашања, а ти да одговараш!’\n:<sup>5</sup>Со уво Те слушнав,\n:но сега окото мое Те виде.\n:<sup>6</sup>Затоа самиот себе се презирам\n:и се каам во прав и пепел.“\n25 Поговор.\n<sup>7</sup>А после ова, откако ГОСПОД му ги кажа на Јов овие нешта, му кажа ГОСПОД на Теманецот Елифаз:\n„Пламти гневот Мој против тебе и против твоите двајца пријатели, зашто не зборувавте за мене она што е вистина, онака како што зборуваше мојот слуга Јов.\n<sup>8</sup>Затоа сега земете си седум волови и седум овни и одете кај Мојот слуга Јов, жртвувајте за себе жртви паленици, а Мојот слуга Јов ќе се моли за вас. Ете, од него сигурно ќе ги прифатам, па да не постапам со вас според вашата глупавост, зашто не зборувавте право за Мене, како што зборуваше Мојот слуга Јов.“\n<sup>9</sup>И така отидоа Теманецот Елифаз, Шухиецот Вилдад и Нааматиецот Зофар, и направија како што им кажа ГОСПОД, а ГОСПОД ги прифати (молитвите) од Јов.\n<sup>10</sup>Тогаш, откако Јов се помоли за своите пријатели, ГОСПОД му го врати напредокот, дури му даде двапати повеќе одошто имаше порано.\n<sup>11</sup>Дојдоа кај него сите негови браќа, сите негови сестри и сите што го познаваа од порано. Јадеа со него во неговиот дом, му искажаа сочувство и го утешија за сите несреќи што ГОСПОД ги донесе на негова глава. Секој од нив му даде по една сребрена пара и по еден златен прстен.\n<sup>12</sup>И ГОСПОД го благослови вториот дел од животот на Јов повеќе од првиот. Имаше четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада рала волови и илјада магарици.\n<sup>13</sup>Имаше седум сина и три ќерки.\n<sup>14</sup>Им даде имиња, на првата Јемима, на втората Кесиа и на третата Керен Хаппух.\n<sup>15</sup>Во целата земја немаше други жени, толку убави како ќерките на Јов, а нивниот татко им даде наследство, заедно со нивните браќа.\n<sup>16</sup>И живееше Јов после ова сто и четириесет години и виде деца и внуци и правнуци до четврто колено,\n<sup>17</sup>па умре стар и сит од животот.\nЗабелешки:", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 15595, "cyrillic": 1.0}
{"id": "2981", "title": "Дела на апостолите", "text": "= Глава 1 =\n1 Вовед\n<sup>1</sup>Драги Теофиле, во мојата прва книга ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот,\n<sup>2</sup>па сѐ до денот кога се вознесе на небото. Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух.\n<sup>3</sup>Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство.\n<sup>4</sup>На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим сѐ додека Небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа.\n<sup>5</sup>Јован Крстител крштаваше во вода, но по неколку дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“\n2 Вознесувањето на Исус\n<sup>6</sup>Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш нашето царство?“\n<sup>7</sup>Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува!\n<sup>8</sup>Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“\n<sup>9</sup>Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа сѐ додека облак не Го сокри од нивните погледи.\n<sup>10</sup>Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи облечени во бело,\n<sup>11</sup>и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“\n3 Црквата на апостолите во „Горната соба“\n<sup>12</sup>Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим. Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора. Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар.\n<sup>13</sup>Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа. Таму беа:\nПетар,\nЈован,\nЈаков,\nАндреј,\nФилип,\nТома,\nБартоломеј,\nМатеј,\nЈаков (синот на Алфеј),\nзилотот Симон и\nЈуда (синот на Јаков).\n<sup>14</sup>Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа. Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус.\n4 Избран заменик на Јуда Искариотски\n<sup>15</sup>По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници. Петар стана и им се обрати:\n<sup>16</sup><Драги пријатели христијани! Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариотски, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото писмо. Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исус, беше претскажано и мораше да се исполни,\n<sup>17</sup>иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“\n<sup>18</sup>(Со парите што ги доби за предавството на Исус, Јуда си купи нива. Потоа таму се обеси, па падна среде неа, распукнувајќи се, при што целата утроба му се истури.\n<sup>19</sup>За ова дознаа сите жители на Ерусалим, па таа нива ја нарекоа Акал-Д'ма, што на нивниот јазик значи „Крвна нива“.)\n<sup>20</sup><Во книгата на псалмите стои запишано:\n>Домот да му се запусти,\nникој во него да не живее!'\nи\n>Службата негова друг нека ја преземе!'\n<sup>21</sup>Затоа треба да одбереме човек што ќе го замени Јуда. Тоа треба да биде некој што бил со нас во текот на целото време, откако Господ Исус дојде, па сѐ додека си замина,\n<sup>22</sup>некој што бил со нас откако Јован Крстител Го крсти Исуса, па сѐ до денот кога Исус се вознесе на небото. Тој човек треба да биде и очевидец на воскреснатиот Исус, како што сме и ние.“\n<sup>23</sup>Тогаш предложија двајца: првиот беше Јосиф Барсаба, познат и како Јуст, а вториот беше Матија.\n<sup>24</sup>Пред да го извршат изборот, се помолија вака: „Господе, ти знаеш што лежи во срцето на секој човек. Покажи ни кого од овие двајца си го одбрал\n<sup>25</sup>да биде апостол наместо Јуда, кој нѐ изневери и заврши таму каде што припаѓа.“\n<sup>26</sup>Со ждрепка го одбраа Матија, кој им се приклучи на останатите единаесет апостоли.\n= Глава 2 =\n5 Доаѓањето на Светиот Дух\n<sup>1</sup>Кога дојде празникот Духовден, сите христијани се собраа на едно место.\n<sup>2</sup>Тогаш ненадејно од небото се чу бучава како од силен виор. Бучавата ја исполни целата куќа каде што беа собрани.\n<sup>3</sup>Се појавија одвоени јазици, како од оган, и се спуштија врз секој од нив.\n<sup>4</sup>Сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на различни јазици, како што им даваше способност Светиот Дух.\n<sup>5</sup>Во тоа време во Ерусалим престојуваа побожни Евреи дојдени од секој народ под небесниот свод.\n<sup>6</sup>Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик!\n<sup>7</sup>Сите се чудеа и збунето, велеа: „Како е можно ова? Зар сите овие луѓе што зборуваат не се од Галилеја?\n<sup>8</sup>Како, тогаш, секој од нас го слуша јазикот од својот роден крај?\n<sup>9</sup>Меѓу нас има Партјани, Мидјани и Еламијци, потоа луѓе што живеат во Месопотамија, во Јудеја, во Кападокија, во Понт и во Азија,\n<sup>10</sup>во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим\n<sup>11</sup>(Евреи и новообратени), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“\n<sup>12</sup>Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“\n<sup>13</sup>Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се! Се изнапиле слатко вино!“\n6 Петар им се обраќа на насобраните\n<sup>14</sup>Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:\n<sup>15</sup>Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.\n<sup>16</sup>Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел:\n<sup>17</sup><>Во последните денови' - вели Бог -\n>ќе излеам од Мојот Дух врз сите луѓе,\nпа ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши,\nмомчињата ќе имаат виденија,\nа старците ќе сонуваат соништа.\n<sup>18</sup>Во тие денови ќе излеам од Мојот Дух\nврз сите Мои слуги и слугинки,\nи тие ќе пророкуваат.\n<sup>19</sup>Ќе правам чуда горе во небесата\nи видливи докази долу на Земјата -\nкрв и оган и столбови од чад.\n<sup>20</sup>Сонцето ќе поцрни,\nа месечината ќе се вцрви како крв,\nпред да дојде тој голем и славен Господов ден.\n<sup>21</sup>Тогаш секој што ќе го повика\nимето Господово ќе биде спасен.'“\n<sup>22</sup>Израелци, слушнете ги овие зборови: Бог јавно го поддржа Исуса од Назарет со тоа што преку Него изврши многу чуда, несекојдневни работи и чудотворни докази. Тоа и самите добро го знаете.\n<sup>23</sup>Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исус и со помош на еден паганин, Го распнавте на крст и Го убивте.\n<sup>24</sup>Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше.\n<sup>25</sup>За Него, Давид вели:\n„Знам дека Господ е постојано со мене,\nТој ми е оддесно -\nнема да потклекнам!\n<sup>26</sup>Поради тоа срцето ми е весело,\nи душата ми се радува;\nа и телото во надеж ќе ми почива,\n<sup>27</sup>зашто Ти во гробот нема да ме оставиш,\nниту ќе дозволиш\nТвојот Светец да доживее распаѓање.\n<sup>28</sup>Ти ми го објави патот на животот,\nТвоето присуство ќе ме исполни со радост.“\n<sup>29</sup>Луѓе, браќа, јасно е дека нашиот прататко Давид овде не зборува за себе, зашто тој умре, беше погребан и неговиот гроб е тука, меѓу нас, сѐ до денешен ден.\n<sup>30</sup>Но бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се беше заколнал оти потомок од неговите бедра ќе седи на неговиот престол,\n<sup>31</sup>претскажувајќи за тоа, тој зборуваше за воскреснувањето на Христос, Кој, ниту беше оставен во гробот, ниту Неговото тело доживеа распаѓање.\n<sup>32</sup>Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа.\n<sup>33</sup>Откако беше вознесен и поставен од десната страна на Бог, и откако го прими Светиот Дух што Му беше ветен од Небесниот Татко, го излеа врз нас, како што вие сега гледате и слушате.\n<sup>34</sup>Зашто, самиот Давид не се вознесе на небото, а сепак рече:\n„Му рече Господ на мојот Господ:\n>Седни на почесното место, од Мојата десна страна,\n<sup>35</sup>додека не ги претворам Твоите непријатели\nво чергиче што ќе го газат стапалата Твои!'“\n<sup>36</sup>Затоа нека знаат сите Израелци и нека бидат уверени дека Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Месија!“\n<sup>37</sup>Ова што го слушнаа до срце ги прободе, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе, браќа, што да правиме?“\n<sup>38</sup>Петар им одговори: „Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите. Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби.\n<sup>39</sup>Ветувањето што Бог му го даде на Давид се однесува на вас, на вашите деца, како и на неевреите, и на сите што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика.“\n<sup>40</sup>Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“\n<sup>41</sup>Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните.\n<sup>42</sup>Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви.\n7 Првите христијански заедници\n<sup>43</sup>Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.\n<sup>44</sup>Сите христијани се здружија и сѐ што имаа им беше заедничко.\n<sup>45</sup>Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби.\n<sup>46</sup>Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце.\n<sup>47</sup>Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.\n= Глава 3 =\n8 Петар исцелува сакат питач\n<sup>1</sup>Еден ден, Петар и Јован се упатија кон храмот. Беше три часот попладне - време за молитва.\n<sup>2</sup>Токму тогаш донесоа еден човек, сакат во нозете од раѓање, што секојдневно го носеа и го оставаа пред познатата „Красна порта“, за да проси милостина од луѓето што доаѓаа во храмот.\n<sup>3</sup>Кога виде дека Петар и Јован ќе влегуваат во храмот, запроси да му дадат нешто.\n<sup>4</sup>Петар и Јован го погледнаа и му рекоа: „Погледни нѐ!“\n<sup>5</sup>Сакатиот молежливо ги гледаше, очекувајќи милостина.\n<sup>6</sup>Тогаш Петар му рече: „Немам ни сребреници, ни златници, но тоа што го имам, ти го давам: Во името на Исус Христос од Назарет, стани и ќе проодиш!“\n<sup>7</sup>Потоа го фати за десната рака и го иправи. Во истиот миг му зацврснаа стапалата и глуждовите!\n<sup>8</sup>Скокна, застана на свои нозе и почна да оди! Заедно со нив влезе во храмот, скокајќи и славејќи го Бога.\n<sup>9</sup>Целиот народ го виде како оди и го слави Бога.\n<sup>10</sup>Тие знаеа дека тоа беше истиот човек што седеше и просеше пред Красната порта на храмот и од восхит не можеа да се изначудат на она што се случи.\n9 Петар проповеда во храмот\n<sup>11</sup>Сиот народ се насобра околу нив, под Соломоновиот трем. Човекот не се одвојуваше од Петар и Јован. Луѓето стоеја, стаписани од тоа што се случи.\n<sup>12</sup>Кога Петар виде дека луѓето се чудат, им рече: „Луѓе, Израелци, зошто се чудите на ова? Зошто зјапате во нас, небаре ние со своја сила или побожност направивме овој човек да прооди!?\n<sup>13</sup>Преку ова дело, Богот на Авраам, на Исак, на Јаков и на сите наши предци, Го прослави Својот Слуга Исус. Вие Го предадовте и се откажавте од Него пред Пилат, кога тој беше решил да Го ослободи.\n<sup>14</sup>Се откажавте од Светиот и Праведниот, а побаравте да биде пуштен на слобода еден убиец!\n<sup>15</sup>Зачетникот на животот Го убивте! Но Бог Го воскресна од мртвите - ние сме живи сведоци за тоа.\n<sup>16</sup>Овој човек, кого вие добро го познавате, се исцели врз основа на верата во Неговото име. Верата во Исусовото име го оздраве, пред вашите очи.\n<sup>17</sup>Браќа, знам дека вие и вашите водачи го направивте тоа од незнаење,\n<sup>18</sup>но Бог на тој начин го исполни она што го беше претскажал преку сите пророци: дека Месијата испратен од Него ќе мора да помине низ овие страдања.\n<sup>19</sup>Затоа покајте се и свртете се кон Бог, за да ви бидат избришани гревовите.\n<sup>20</sup>Тогаш, присуството на Господ во вашите животи ќе ви донесе освежување и Бог ќе ви Го испрати Месијата Исус, Кој од порано ви беше претскажан.\n<sup>21</sup>Исус треба да остане на небото, сѐ додека не дојде време Бог да обнови сѐ, како што ни вети уште одамна преку Своите свети пророци.\n<sup>22</sup>Уште Мојсеј беше претскажал: >Господ, вашиот Бог, ќе ви издигне од вашиот народ Пророк, како што сум јас. Сѐ што ќе ви каже Тој - слушајте Го!<sup>23</sup>Секој што нема да Го послуша Тој Пророк, ќе биде истребен од Божјиот народ.'\n<sup>24</sup>А и сите пророци, од Самоил и неговите наследници, па наваму, зборуваа токму за ова време.\n<sup>25</sup>Вие сте потомци на пророците, вие сте тие за кои Бог на вашите предци им даде завет, ветувајќи му на Авраам: >Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата.'\n<sup>26</sup>Штом Бог Го издигна Својот Слуга, Го испрати прво кај нас, за да ве благослови со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите грешни патишта.“\n= Глава 4 =\n10 Националните и верските водачи против апостолите\n<sup>1</sup>Додека Петар и Јован уште му зборуваа на народот, им пријдоа неколку свештеници, заповедникот на гардата во ерусалимскиот храм и неколку садукеи.\n<sup>2</sup>Тие беа многу вознемирени поради тоа што апостолите го учеа народот и, повикувајќи се на воскреснатиот Исус, тврдеа дека постои воскресение на мртвите.\n<sup>3</sup>Ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден, зашто веќе беше вечер.\n<sup>4</sup>Мнозина од оние што ја слушнаа проповедта на апостолите поверуваа, па бројот на христијаните се зголеми на околу пет илјади, сметајќи ги тука само возрасните мажи.\n<sup>5</sup>Утредента се состана Народниот Совет составен од сите управници, старешини и вероучители во Ерусалим.\n<sup>6</sup>Дојде првосвештеникот Анан, дојдоа и Кајафа, Јован, Александар како и сите други роднини на првосвештеникот.\n<sup>7</sup>Ги доведоа Јован и Петар, ги поставија на средината, па почнаа да ги испрашуваат: „Кој ви даде право, кој ве овласти да го правите ова?“\n<sup>8</sup>Исполнет со Светиот Дух, Петар им рече: „Управници и старешини на народот!\n<sup>9</sup>Ако денес нѐ испрашувате за доброто дело спрема сакатиот човек, ако сакате да дознаете како беше исцелен, тогаш,\n<sup>10</sup>знајте и вие и сиот израелски народ, дека човекот пред ваши очи застана на свои нозе во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, а Бог Го воскресна од мртвите!\n<sup>11</sup>Исус е Тој за Кого во Светото писмо пишува:\n>Каменот што ѕидарите го отфрлија\nстана темелен камен.'\n<sup>12</sup>Под сиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!“\n<sup>13</sup>Членовите на Народниот Совет се зачудија кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, зашто беше очигледно дела тие се обични, необразовани луѓе. А ги препознаа дека тие луѓе беа со Исус.\n<sup>14</sup>Но човекот што беше исцелен стоеше тука, пред нив, и тие немаа што да приговорат.\n<sup>15</sup>Тогаш им наредија на Петар и Јован да излезат надвор од собранието, а тие почнаа да се советуваат:\n<sup>16</sup><Што да правиме со овие луѓе? Големо чудо се случи преку нив и тоа на сите во Ерусалим им е познато. Тоа не можеме да го порекнеме.\n<sup>17</sup>Но можеби можеме да ги запреме да го шират тоа учење меѓу народот. Да им забраниме никому повеќе да не му зборуваат за Исус!“\n<sup>18</sup>Ги повикаа апостолите внатре и им наредија ништо да не зборуваат за Исус, ниту да поучуваат во Негово име.\n<sup>19</sup>Но Петар и Јован им одговорија: „Самите проценете, дали Бог ќе се сложи повеќе да ве слушаме вас отколку Него!?\n<sup>20</sup>Не можеме да молчиме за она што го видовме и чувме!“\n<sup>21</sup>Членовите на Народниот Совет им се заканија, но сепак ги ослободија. Не можеа да најдат ништо за што би можеле да ги казнат. А се плашеа дека и народот ќе крене бунт, зашто сите Го славеа Бога за чудото што се случи:\n<sup>22</sup>беше исцелен човек што повеќе од четириесет години бил сакат во нозете!\n11 Молитва за смелост наспроти прогонствата\n<sup>23</sup>Веднаш штом беа ослободени, Петар и Јован се вратија меѓу своите пријатели христијани и им кажаа за сѐ што им рекоа свештеничките поглавари и старешините.\n<sup>24</sup>Кога го чуја тоа, сите сложно повикаа кон Бог и рекоа: „Семоќен Господару, Создателе на небото и Земјата, на морињата и на сите суштества во нив!\n<sup>25</sup>Ти, преку Светиот Дух, го поттикна нашиот прататко Давид да ги искаже следниве стихови:\n>Зошто беснеат паганските народи,\nлуѓето коваат залудни завери?\n<sup>26</sup>Цареви по земјата се креваат\nи владетели се здружуваат,\nпротив Господ и против Неговиот Помазаник.'\n<sup>27</sup>Токму тоа се случи овде, во овој град: царот Ирод Антипа, гувернерот Понтиј Пилат, пагани и Израелци, се здружија против Исус, Твојот свет Слуга, Кого Ти Го определи за Месија.\n<sup>28</sup>Но сѐ што сторија тие претставува исполнување на она што го определија Твојата рака и Твојата мудрост.\n<sup>29</sup>Ги гледаш сега, Господе, нивните закани! Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака!\n<sup>30</sup>Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“\n<sup>31</sup>Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака.\n12 Христијански комуни\n<sup>32</sup>Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како негова лична сопственост, туку сѐ им беше заедничко.\n<sup>33</sup>Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет.\n<sup>34</sup>Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите од продаденото\n<sup>35</sup>им ги даваа на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби.\n<sup>36</sup>На пример, Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба, односно „Утешител“ кој беше од племето на Левиј, а родум од Кипар,\n<sup>37</sup>имаше нива, и откако ја продаде, ги донесе парите и им ги предаде на апостолите.\n= Глава 5 =\n13 Казната над Ананиј и Шапира поради лажење\n<sup>1</sup>А еден друг човек, по име Ананиј, во договор со својата жена Шапира исто така продаде една од своите ниви\n<sup>2</sup>но само дел од парите им донесе на апостолите, тврдејќи дека тоа се сите пари. За сето ова знаеше и неговата жена.\n<sup>3</sup>Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи сатаната да ти го исполни срцето, да го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата?\n<sup>4</sup>Нивата беше твоја. Твоја работа беше дали ќе ја продадеш, или не. И кога ја продаде, парите беа твои. Зошто се реши на измама? Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“\n<sup>5</sup>Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре! Сите што слушнаа за ова многу се исплашија.\n<sup>6</sup>Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.\n<sup>7</sup>По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.\n<sup>8</sup>Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“\n<Да, за толку“ - рече таа.\n<sup>9</sup>Петар ѝ рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“\n<sup>10</sup>И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа покрај нејзиниот маж.\n<sup>11</sup>Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова.\n14 Големиот углед на првите христијани\n<sup>12</sup>Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда среде народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под тремот на Соломон и сите беа сложни.\n<sup>13</sup>Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот.\n<sup>14</sup>Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, мноштво мажи и жени.\n<sup>15</sup>Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостолот Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.\n<sup>16</sup>Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.\n15 Верските водачи ги прогонуваат Христовите апостоли\n<sup>17</sup>Тогаш првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,\n<sup>18</sup>па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.\n<sup>19</sup>Но уште истата вечер ангел Господов им ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им:\n<sup>20</sup><Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака што е од животна важност!“\n<sup>21</sup>Апостолите ги послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.\nКога дојде првосвештеникот со својата свита, го свика Врховното собрание составено од верските водачи и старешините на Израел, па порачаа да ги доведат затворениците.\n<sup>22</sup>Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа:\n<sup>23</sup><Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре, никого не најдовме!“\n<sup>24</sup>Кога го слушнаа ова заповедникот на гардата во храмот и првосвештеникот, се збунија и се прашуваа, што значи ова!?\n<sup>25</sup>Тогаш дојде еден човек и им рече: „Оние што ги фрливте в затвор сега се во храмот и го поучуваат народот!“\n<sup>26</sup>Штом го чу ова заповедникот на гардата на храмот, со своите слуги, отиде и ги доведе апостолите, без да употреби сила, зашто се плашеше да не биде каменуван од народот.\n<sup>27</sup>Потоа ги изведоа пред Врховното собрание и првосвештеникот почна да ги испрашува:\n<sup>28</sup><Јас најстрого ви забранив да зборувате за Исус, а вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сте решиле врз нас да ја префрлите вината за смртта на Тој Човек!“\n<sup>29</sup>Петар и другите апостоли му одговорија: „Треба да Му се покоруваме првенствено на Бог, а потоа и на луѓето што ни се претпоставени.\n<sup>30</sup>Вие Го убивте Исус, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна,\n<sup>31</sup>Го воздигна како наш Водач и Спасител, па го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покајат и Бог да им ги прости гревовите.\n<sup>32</sup>За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им го даде на оние што Му се послушни.“\n<sup>33</sup>Кога членовите на Врховното собрание го слушнаа ова, збеснаа и решија да ги убијат Христовите апостоли!\n<sup>34</sup>Но стана еден фарисеј по име Гамалиел, вероучител почитуван од целиот народ. Им нареди на апостолите да излезат на кратко.\n<sup>35</sup>Потоа му се обрати на собранието: „Луѓе Израелци, размислете добро што ќе сторите со овие луѓе!\n<sup>36</sup>Пред извесно време се беше кренал Тода, Кој за себе тврдеше дека е голем човек. Му се приклучија околу четиристотини луѓе. Тој беше убиен, а сите негови следбеници се распрснаа и исчезнаа.\n<sup>37</sup>По него, за време на пописот, се појави галилеецот Јуда и привлече многу народ по себе. И тој загина, па сите негови следбеници се разбегаа.\n<sup>38</sup>И за овој случај ве советувам: Оставете ги овие луѓе, пуштете ги, зашто ако целиот овој покрет и учење се од луѓе - ќе исчезнат,\n<sup>39</sup>но ако се од Бога, не можете да ги уништите. Внимавајте, да не се впуштите во судир со Бог!“\nСобранието го прифати неговиот совет.\n<sup>40</sup>Ги викнаа апостолите, ги натепаа и им забранија никогаш повеќе да не зборуваат за Исус. Потоа ги пуштија.\n<sup>41</sup>Апостолите си заминаа од Собранието, радосни што Бог ги удостои да пострадаат поради верност кон името на Исус.\n<sup>42</sup>Потоа, секој ден, во храмот и по куќите*, непрестано го поучуваа народот и проповедаа дека Исус е долгоочекуваниот Месија.“\n= Глава 6 =\n16 Назначување на седум помошници\n<sup>1</sup>Во тоа време, откако бројот на христијаните се зголеми, Елините се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа занемарувани при секојдневното делење на храна.\n<sup>2</sup>Тогаш дванаесетте апостоли ги свикаа сите христијани* и им рекоа: „Не е добро ние, апостолите, да го запоставуваме проповедањето на Божјата порака и да служиме околу трпезите.\n<sup>3</sup>Затоа, браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение,\n<sup>4</sup>а ние целосно ќе се посветиме на молитва и на проповедање на Божјата порака.“\n<sup>5</sup>Ова им се допадна на присутните и ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и со Светиот Дух, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, новообратен прозелит од Антиохија.\n<sup>6</sup>Ги доведоа пред апостолите, кои со положени раце над нив се помолија за нив.\n<sup>7</sup>Божјата порака сѐ пошироко се прифаќаше и бројот на христијаните во Ерусалим бргу се зголемуваше, па и голем број еврејски свештеници ја прифаќаа христијанската вера.\n17 Апсењето на Стефан\n<sup>8</sup>Бог беше благонаклонет спрема Стефан и Му даде сила, па тој правеше големи чуда и изнесуваше докази меѓу луѓето.\n<sup>9</sup>Но еден ден, неколку припадници на синагогата наречена „Синагога на ослободените“ почнаа да се расправаат со него. Тие беа Евреи од Киринеја, Александрија, Киликија и од областа Азија.\n<sup>10</sup>Не можејќи да им се противстават на мудроста и на Духот со кои Стефан зборуваше,\n<sup>11</sup>тие тајно наговорија неколку луѓе лажно да го обвинат, велејќи: „Го слушнавме како зборува многу навредливи работи против Мојсеј и против Бог!“\n<sup>12</sup>Така успеаја да ги кренат на нозе народот, старешините и вероучителите, кои дојдоа кај Стефан, го фатија и го изведоа пред Врховното Собрание.\n<sup>13</sup>Истапија лажните сведоци и рекоа: „Овој човек не престанува да зборува против овој храм и против Мојсеевиот Закон.\n<sup>14</sup>Сме го слушнале како зборува дека Исус од Назарет ќе го уништи храмот и ќе ги измени обичаите што ни се предадени од Мојсеј.“\n<sup>15</sup>Тогаш сите што седеа во Собранието се загледаа во Стефан, забележувајќи дека лицето му стана како лице на ангел.\n= Глава 7 =\n18 Говорот на Стефан пред еврејското Собрание\n<sup>1</sup>Тогаш првосвештеникот го праша Стефан: „Точни ли се исказите против тебе?“\n<sup>2</sup>Стефан одговори: „Луѓе, браќа и татковци, сослушајте ме. Нашиот славен Бог му се јави на нашиот предок Авраам, додека тој сѐ уште беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан,\n<sup>3</sup>и му рече: >Напушти ја оваа земја, напушти ги твоите роднини и појди во земјата што Јас ќе ти ја покажам.'\n<sup>4</sup>Тогаш Авраам ја напушти земјата на Халдејците и се насели во Харан. По смртта на неговиот татко, се пресели во оваа земја во која сега ние живееме.\n<sup>5</sup>Бог не му даде наследство ниту една педа земја, но, уште пред да има деца, му вети дека на неговите потомци ќе им ја даде во наследство целата земја.\n<sup>6</sup>Му рече дека неговите потомци ќе бидат доселеници во туѓа земја, каде што ќе ги претворат во робови и ќе ги измачуваат четиристотини години.\n<sup>7</sup>>Но на народот на кој ќе му робуваат, Јас ќе му судам!' - рече Бог. >Кога ќе излезат оттаму, ослободени, ќе Ми служат на ова место.'\n<sup>8</sup>Потоа му го заповеда на Авраам заветот за обрежувањето. Авраам доби син - Исак, и го обрежа кога наполни осум дена. Потоа и Исак доби син - Јаков. Јаков е таткото на дванаесетте родоначалници на еврејскиот народ.\n<sup>9</sup>Синовите на Јаков му љубомореа на својот брат Јосиф, и го продадоа како роб во Египет, но Бог беше со него\n<sup>10</sup>и го избави од сите неволи што го снајдоа. Бог му беше благонаклонет и му даде мудрост, па фараонот, царот на Египет, го постави за управител над целата земја и над целиот свој дом.\n<sup>11</sup>Тогаш Египет и Канаан ги погоди глад, па нашите прадедовци се најдоа на голема мака, не можејќи да набават храна.\n<sup>12</sup>Кога Јаков слушна дека во Египет има жито, ги испрати таму своите синови. Тоа беше нивната прва посета.\n<sup>13</sup>Кога и по вторпат отидоа во Египет, Јосиф им се откри на своите браќа. Така фараонот го запозна неговото семејство.\n<sup>14</sup>Потоа Јосиф испрати да го повикаат неговиот татко Јаков и сите негови роднини, седумдесет и петмина на број.\n<sup>15</sup>Така Јаков се досели во Египет. Таму умреа и тој и нашите прадедовци.\n<sup>16</sup>Подоцна, коските им беа пренесени во Шехем, каде што беа погребани во гробницата што Авраам со сребро ја беше купил од синовите на Хамор.\n<sup>17</sup>Како што се приближуваше времето Бог да го исполни ветувањето што му го даде на Авраам, нашиот народ во Египет се зголемуваше и намножуваше.\n<sup>18</sup>Но со Египет веќе владееше друг цар, кој не знаеше за Јосиф.\n<sup>19</sup>Тој скова заговор против нашиот народ, ги мачеше нашите предци и ги принудуваше да си ги напуштаат новороденчињата, за да не останат живи.\n<sup>20</sup>Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бог. Три месеци беше одгледуван во домот на својот татко,\n<sup>21</sup>а потоа мораа да го остават, но го зеде ќерката на фараонот и го одгледа како свој син.\n<sup>22</sup>Така Мојсеј се запозна со целата мудрост на Египќаните и се стекна со големо теоретско и практично знаење.\n<sup>23</sup>Кога наполни четириесет години, му се роди во срцето желба да ги посети своите сонародници, Израелците.\n<sup>24</sup>Во текот на таа посета, виде дека еден Египќанец насилно постапува со еден Евреин. Мојсеј го заштити Евреинот и во одмазда го уби Египќанецот.\n<sup>25</sup>Тој мислеше дека неговите сонародници ќе сфатат оти Бог, преку неговата рака, им праќа ослободување, но тие не сфатија.\n<sup>26</sup>Утредента виде како двајца Израелци се тепаат и се обиде да ги смири, велејќи им: >Луѓе, вие сте припадници на ист народ! Зошто се повредувате еден со друг?'\n<sup>27</sup>Но виновникот за тепачката го турна и му рече: >Кој те поставил тебе да ни бидеш владетел и судија!?\n<sup>28</sup>Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот!?'\n<sup>29</sup>Кога Мојсеј го слушна ова, побегна во Мидијамската земја, каде што живееше како доселеник. Таму му се родија два сина.\n<sup>30</sup>Откако поминаа четириесет години, во пустината, близу до планината Синај, му се појави ангел во пламенот на една запалена грмушка.\n<sup>31</sup>Кога Мојсеј го виде ова, се зачуди и појде таму за да види одблизу. Тогаш го чу гласот Господов кој му рече:\n<sup>32</sup>>Јас сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, на Исак и на Јаков!' Мојсеј се стресе од страв и не се осмели да погледне.\n<sup>33</sup>Потоа Господ му рече: >Собуј ги сандалите, зашто стоиш на свето место!\n<sup>34</sup>Видов како Мојот народ е измачуван во Египет и стенкањето негово го чув. Еве, доаѓам да го ослободам. Сега, оди во Египет, како Мој пратеник!'\n<sup>35</sup>Оној Мојсеј, кого луѓето го отфрлија, велејќи му: >Кој те поставил да ни бидеш владетел и судија!?' - Бог го испрати преку ангелот што му се појави во запалената грмушка, да им биде водач и ослободител.\n<sup>36</sup>Правејќи многу чуда и видливи докази, тој ги изведе од Египет, ги преведе преку Црвеното Море и ги водеше низ пустината цели четириесет години.\n<sup>37</sup>Самиот Мојсеј му рече на Израелскиот народ: >Бог ќе ви издигне Пророк од вашите редови, како што сум јас.'\n<sup>38</sup>Тој беше заедно со целиот Божји народ во пустината. Посредуваше меѓу ангелот што му зборуваше на планината Синај и нашите татковци. Притоа, тој прими зборови од животно значење и ни ги пренесе нам.\n<sup>39</sup>Но нашите предци не го послушаа, туку го отфрлија и посакаа да се вратат во Египет, по кој им беа прираснале срцата.\n<sup>40</sup>Му рекоа на Арон: >Направи ни богови што ќе нѐ водат, зашто не знаеме што се случи со Мојсеј, кој нѐ изведе од Египет.'\n<sup>41</sup>Така си направија од злато идол во форма на теле и му принесоа жртва, восхитени од својата ракотворба.\n<sup>42</sup>Тогаш Бог им сврте грб и ги остави да им служат на Сонцето, Месечината и ѕвездите, како да им се богови, токму онака како што е запишано во книгата на пророците:\n>Народе Израелски! Дали Мене\nМи принесувавте жртви и приноси\nдодека патувавте низ пустината,\nцели четириесет години, доме Израелов?\n<sup>43</sup>Не, туку си направивте идоли,\nза да им се поклонувате:\nСо себе ги носевте шаторот\n- светилиште посветен на богот Молех и\nѕвездата на богот Реифан!\nЗатоа ќе ве предадам во ропство,\nи ќе ве одведат во далечниот Вавилон!'\n<sup>44</sup>Додека патуваа низ пустината, нашите предци го носеа заветниот шатор. Така им заповеда Бог. Тој му рече на Мојсеј да го направи според моделот што му го беше покажал'\n<sup>45</sup>Многу години подоцна, под водство на Јошуа го донесоа во земјата што ја одзедоа од паганските народи, кои Бог ги истера пред нив. Таму остана сѐ до времето на царот Давид.\n<sup>46</sup>Бог му беше благонаклонет на Давид и затоа Давид се осмели да побара од Бог дозвола да најде место каде што ќе изгради храм во кој Израелците ќе Му служат на својот Бог.\n<sup>47</sup>Сепак, Божјиот храм го изгради Соломон.\n<sup>48</sup>Но Севишниот не живее во градби направени од човечка рака. Како што самиот Бог вели преку пророкот Исаија:\n<sup>49</sup>>Небото Ми е престол,\nа Земјата - подножје на Моите нозе.\nКаков дом ќе ми направите вие?' - вели Господ -\n>Какво место ќе ми најдете за Мое живеалиште?\n<sup>50</sup>Зарем не е сѐ со Мојата рака создадено?'\n<sup>51</sup>Вие сте тврдоглав народ! Длабоко во себе вие сте како паганите! Глуви сте за вистината! И вие, како и вашите предци, постојано Му се противите на Светиот Дух.\n<sup>52</sup>Посочете ми еден пророк што не беше прогонуван од вашите предци! Тие ги убија пророците што го претскажаа доаѓањето на Праведникот, на Месијата, а кога Тој дојде, вие се свртевте против Него, Го предадовте и Го убивте.\n<sup>53</sup>Ангели ви го пренесоа Божјиот Закон и пак не го почитувате!“\n19 Каменувањето на Стефан\n<sup>54</sup>Кога еврејските верски и национални водачи го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да крцкаат со забите против Стефан.\n<sup>55</sup>А тој, исполнет со Светиот Дух, и со вперен поглед кон небото каде што ја виде Божјата слава, и Го виде Исус како стои од десната страна на Бог,\n<sup>56</sup>рече: „Погледнете, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бог!“\n<sup>57</sup>Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан.\n<sup>58</sup>Го извлекоа надвор од градот и го каменуваа. Оние што сведочеа против Стефан ги соблекоа своите горни облеки и ги оставија кај едно момче по име Саул, да им ги причува.\n<sup>59</sup>Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: „Господе Исусе, прими го мојот дух.“\n<sup>60</sup>Потоа падна на колена и силно извика: „Господе, не земај им го ова за грев!“ Го рече ова и почина.\n= Глава 8 =\n20 Саул ја прогонува црквата\n<sup>1</sup>Саул го одобруваше убиството на Стефан.\nОд тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.\n<sup>2</sup>Неколку побожни луѓе го погребаа Стефан, оплакувајќи го на сет глас.\n<sup>3</sup>Саул почна да ја уништува Црквата дом по дом. Влегуваше, ги извлекуваше и мажите и жените, и ги испраќаше в затвор.\n21 Радосната вест се проповеда низ Самарија\n<sup>4</sup>Христијаните што се раштркаа поради прогонствата, одеа од место во место и ја проповедаа Радосната вест за Христос.\n<sup>5</sup>Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос.\n<sup>6</sup>Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше, гледајќи ги чудата што тој ги правеше.\n<sup>7</sup>Многу демонски духови, со силен викот излегуваа од обземените, и многу парализирани и сакати беа исцелени.\n<sup>8</sup>Во градот завладеа голема радост.\n<sup>9</sup>Имаше таму и еден човек по име Симон. Тој порано правеше магии и ги восхитуваше луѓето, тврдејќи за себе дека е голем човек.\n<sup>10</sup>Него го слушаа сите, од мало до големо, велејќи: „Овој човек е сила Божја - >Голема сила'.“\n<sup>11</sup>Тие го слушаа бидејќи долго време ги восхитуваше со магии и трикови.\n<sup>12</sup>Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени.\n<sup>13</sup>Дури и Симон поверува, и се крсти. Му се придружи на Филип и се восхитуваше од чудата и видливите докази што Филип ги правеше.\n<sup>14</sup>Кога слушнаа апостолите во Ерусалим дека народот во Самарија ја прифатил Божјата порака, ги испратија кај нив Петар и Јован.\n<sup>15</sup>Кога пристигнаа тие, се помолија за овие нови христијани да го примат Светиот Дух,\n<sup>16</sup>бидејќи Тој сѐ уште не беше слегол над ниту еден од нив, туку тие само беа крстени во името на Господ Исус.\n<sup>17</sup>Тогаш Петар и Јован се помолија, положувајќи ги рацете врз нив, и тие го примија Светиот Дух.\n<sup>18</sup>Кога Симон виде дека Светиот Дух им беше даден преку ракополагање од страна на апостолите, им понуди пари\n<sup>19</sup>и им рече: „Дајте ми ја и мене оваа моќ, та врз кого ќе положам раце, да го прими Светиот Дух!“\n<sup>20</sup>Но Петар му одговори: „Одете во неврат и ти и твоите пари, штом мислиш дека Божјиот дар може да се купи за пари!\n<sup>21</sup>Нема за тебе место, ти не можеш да учествуваш во оваа работа, зашто се покажа дека твоето срце не е праведно пред Бог!\n<sup>22</sup>Затоа покај се што помисли таква зла работа и помоли Му се на Бог. Можеби ќе ти ја прости оваа нечесна намера,\n<sup>23</sup>зашто гледам дека си полн со горчина и окован во стегите на гревот.“\n<sup>24</sup>Тогаш Симон извика: „Молете Му се на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го спомнавте!“\n<sup>25</sup>Откако Петар и Јован сведочеа и проповедаа за Господ, се вратија во Ерусалим. Патем ја проповедаа Радосната вест по многу села во Самарија низ кои поминуваа.\n22 Филип и евнухот од Етиопија\n<sup>26</sup>Потоа ангел Господов му рече на Филип: „Стани и оди на југ, по пустинскиот пат што се спушта од Ерусалим кон Газа!“\n<sup>27</sup>Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим,\n<sup>28</sup>па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија.\n<sup>29</sup>Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“\n<sup>30</sup>Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“\n<sup>31</sup><Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.\n<sup>32</sup>Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо:\n„Беше одведен како овца на клање,\nмолчеше како јагне на стрижење.\nУста не отвори, иако беше\n<sup>33</sup>понижен и лишен од правда, кога му судеа.\nКој ќе ја сфати неговата генерација\nкоја го лиши од живот на овој свет!?“\n<sup>34</sup>Потоа евнухот го праша Филип: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“\n<sup>35</sup>Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.\n<sup>36</sup>Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“\n<sup>37</sup><sup>38</sup>Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти.\n<sup>39</sup>Кога излегоа од водата, Духот Господов го грабна Филипа и евнухот веќе не го виде. Потоа радосен си го продолжи својот пат.\n<sup>40</sup>А Филип се појави во градот Азот. Минувајќи низ тие предели, ја проповедаше Радосната вест низ сите градови, сѐ додека не стигна до Цезареа.\n= Глава 9 =\n== Господ го преобраќа Саул - идниот апостол Павле\n(Дела Ап. 22:6-16; 26:12-18) ==\n<sup>1</sup>Во меѓувреме Саул, со секој свој здив, претставуваше смртна закана за Господовите следбеници. Толку беше ревносен во неговата решеност да ги истреби, што отиде кај првосвештеникот\n<sup>2</sup>и измоли од него да напише писма до синагогите во Дамаск, во кои првосвештеникот ќе бара од нив да соработуваат со Саул во апсењето на сите следбеници на Патот што ќе ги најде таму. Саул сакаше да ги доведе во Ерусалим сите христијани, и мажи и жени, оковани во синџири.\n<sup>3</sup>Кога се приближи до Дамаск, ненадејно блесна во него силна светлина од небото!\n<sup>4</sup>Тој падна на земјата и слушна глас, како му се обраќа: „Саул, Саул! Зошто Ме прогонуваш?“\n<sup>5</sup><Кој сте Вие господине?“ - праша Саул.\nГоспод му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!\n<sup>6</sup>Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“\n<sup>7</sup>Луѓето што патуваа со него стоеја занемени, зашто слушнаа глас, а не видоа никого.\n<sup>8</sup>Саул стана од земјата, ги отвори очите, но ништо не гледаше. Водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.\n<sup>9</sup>Три дена не можеше да гледа, и ниту јадеше, ниту пиеше.\n<sup>10</sup>А во Дамаск имаше еден христијанин по име Ананија. Нему Господ му се јави во видение и му рече: „Ананија!“, а тој му одговори: „Еве ме, Господе!“\n<sup>11</sup>Господ му рече: „Стани, оди на улицата наречена >Права', во куќата на Јуда. Таму има еден човек од градот Тарс, по име Саул. Ќе го најдеш како се моли.\n<sup>12</sup>Преку видение му покажав еден човек, по име Ананија, како доаѓа да ги положи врз него рацете, за тој повторно да прогледа!“\n<sup>13</sup>Ананија одговори: „Господе, многу сум слушал за тој човек, колку многу зла им има направено на Твоите следбеници во Ерусалим!\n<sup>14</sup>Тој има овластување дадено од првосвештеникот да го уапси секој што го повикува Твоето име!“\n<sup>15</sup>Но Господ му рече: „Оди храбро,зашто Јас сум го избрал Саул да им проповеда за Мене на нееврејските народи, на нивните цареви како и на Израелците.\n<sup>16</sup>А јас ќе му покажам колку ќе мора да пропати поради проповедање на Моето име.“\n<sup>17</sup>Ананија отиде и влезе во посочената куќа. Ги положи рацете врз Саул и рече: „Брате Сауле, ме испрати Господ Исус, Оној што ти се јави на патот по кој доаѓаше, за повторно да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“\n<sup>18</sup>Од очите на Саул веднаш падна нешто како лушпа и тој повторно прогледа. Потоа стана и беше крстен.\n23 Саул проповеда во Дамаск\n<sup>19</sup>Откако се најаде, му се врати силата. Саул остана неколку дена со христијаните во Дамаск.\n<sup>20</sup>Веднаш почна во синагогите да проповеда дека Исус е Божјиот Син.\n<sup>21</sup>Сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Не ли е овој истиот човек што во Ерусалим ги убиваше следбениците на Исус? Зар не дојде и овде со истата цел: да ги уапси Исусовите следбеници и во пранги да ги одведе кај првосвештениците?“\n<sup>22</sup>Но Саул толку уверливо докажуваше дека Исус е Месијата, што Евреите кои беа во Дамаск беа целосно збунети и не можеа да му се противстават.\n<sup>23</sup>После долго време, Евреите сковаа заговор да го убијат,\n<sup>24</sup>но на Саул му беше јавено дека Евреите стражараат покрај градските порти и дење и ноќе, за да го фатат и да го убијат.\n<sup>25</sup>Затоа христијаните во текот на ноќта го префрлија преку ѕидините, спуштајќи го во кош.\n24 Саул проповеда во Ерусалим\n<sup>26</sup>Од Дамаск, Саул отпатува за Ерусалим, каде што се обиде да се поврзе со тамошните христијани, но тие се плашеа од него и не веруваа дека и тој навистина станал христијанин.\n<sup>27</sup>Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Саул на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус.\n<sup>28</sup>Тогаш апостолите го прифатија. Саул остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ.\n<sup>29</sup>Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат.\n<sup>30</sup>Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареа, и оттаму го испратија за Тарс.\n<sup>31</sup>Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж. Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.\n25 Делата на Петар во градовите Лида и Јопа\n<sup>32</sup>Посетувајќи ги христијаните, апостолот Павле патуваше од место во место. Така пристигна и кај следбениците на Господ што живееја во градот Лида.\n<sup>33</sup>Таму сретна еден човек по име Енеј, кој осум години лежел парализиран.\n<sup>34</sup>Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува! Стани и направи си ја постелата!“ И тој веднаш стана!\n<sup>35</sup>Сите што живееја во Лида и Шарон го видоа ова и се обратија кон Господ.\n<sup>36</sup>А во градот Јопа имаше една христијанка по име Тавита, што во превод значи >Срна'. Таа имаше направено многу добри дела и имаше раздавано многу милостина.\n<sup>37</sup>Во тоа време се разболе и умре. Ја избањаа и ја положија во една соба на горниот кат.\n<sup>38</sup>Лида е близу до Јопа и кога христијаните од Јопа, разбраа дека Петар е во Лида, испратија двајца луѓе да го викнат веднаш да дојде кај нив.\n<sup>39</sup>Петар веднаш стана и тргна со нив кон Јопа. Кога пристигнаа, го одведоа во горната соба. Собата беше полна со вдовици кои веднаш се собраа околу Петар и плачејќи му ги покажуваа кошулите и другите облеки што ги изработувала Тавита додека била жива.\n<sup>40</sup>Петар ги замоли сите да излезат надвор. Потоа клекна на колена, се помоли, се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и кога го виде Петар седна.\n<sup>41</sup>Тој ѝ подаде рака, и ѝ помогна да стане. Потоа ги викна христијаните и вдовиците и им ја покажа жива.\n<sup>42</sup>Тоа се расчу низ целиот град Јопа, и многумина поверуваа во Господ.\n<sup>43</sup>А Петар остана подолго време во Јопа. Живееше кај еден човек по име Симон, кој беше кожар.\n= Глава 10 =\n26 Крштевање на римскиот офицер Корнелие\n<sup>1</sup>Во градот Цезареа имаше еден римски офицер по име Корнелие. Тој беше командир на Италијанскиот полк.\n<sup>2</sup>Беше побожен човек и имаше страхопочит спрема Бог, заедно со сите што живееја во неговиот дом. Делеше многу милостина и постојано Му се молеше на Бог.\n<sup>3</sup>Еден ден, околу три часот попладне имаше видение: еден Божји ангел, дојде кај него и му рече: „Корнелие!“\n<sup>4</sup>Ѕурејќи исплашено во него, Корнелие одговори: „Молам, господине?“.\nАнгелот му рече: „Бог ги слушна твоите молитви, а и милостината што ја даваш, не остана незабележана.\n<sup>5</sup>Испрати сега неколку луѓе во Јопа да го доведат човекот по име Симон, кого уште го викаат и Петар!\n<sup>6</sup>Тој престојува кај кожарот Симон, чија куќа е покрај морето.“\n<sup>7</sup>Кажувајќи му го ова, ангелот си замина. Корнелие викна двајца слуги и еден од своите потчинети војници, кој исто така беше побожен човек.\n<sup>8</sup>Им објасни што се случи, и ги испрати во Јопа.\n27 Петар доаѓа кај Корнелиус\n<sup>9</sup>Утредента, околу пладне, додека гласниците на Корнелие патуваа и се приближуваа накај градот, Петар се качи на рамниот покрив за да се моли.\n<sup>10</sup>Кога огладне, посака нешто да јаде. Додека му го подготвуваа јадењето, тој падна во занес<sup>11</sup>и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња,\n<sup>12</sup>а во него имаше секаков вид четириножни животни, лазачи и птици.\n<sup>13</sup>Тогаш слушна глас: „Петре! Стани, коли и јади!“\n<sup>14</sup><Никако Господи! Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони !“ - одговори Петар.\n<sup>15</sup>Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го очистил!“\n<sup>16</sup>Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.\n<sup>17</sup>Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение. Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелие, кои прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата,\n<sup>18</sup>прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.\n<sup>19</sup>Додека Петар уште размислуваше за видението што го имаше, Светиот Дух му рече: „Те бараат тројца мажи.\n<sup>20</sup>Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“\n<sup>21</sup>Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“\n<sup>22</sup>Тие му одговорија: „Нѐ испрати офицерот Корнелие. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“\n<sup>23</sup>Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.\n<sup>24</sup>Следниот ден, стигнаа во Цезареа. Таму го чекаше Корнелие, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.\n<sup>25</sup>Кога Петар влегуваше, Корнелие падна пред него, искажувајќи му така длабока почит.\n<sup>26</sup>Петар го крена и му рече: „Стани! И јас сум само човек, како што си и ти.“\n<sup>27</sup>Корнелие стана, а Петар почна да му зборува. Кога влегоа внатре Петар виде голем број собрани луѓе.\n<sup>28</sup>Тогаш Петар им рече: „Вие знаете дека е спротивно на еврејските закони да се дружам со неевреи и да доаѓам кај нив. Но Бог ми покажа дека никого не треба да го сметам за гнасен и нечист.\n<sup>29</sup>Затоа, без да се противам, се одѕвав на вашата покана. А сега да ве прашам: Зошто ме повикавте?“\n<sup>30</sup>Корнелие му одговори: „Пред четири дена, во три часот попладне, се молев во својата куќа, кога одненадеж пред мене застана еден човек во блескава облека,\n<sup>31</sup>и ми рече: >Корнелие, Бог ги услиши твоите молитви и си спомна за твојата дарежливост спрема сиромашните.\n<sup>32</sup>Испрати гласници во Јопа да го повикаат човекот што го викаат Петар, кој престојува во куќата на кожарот Симон, близу до морскиот брег!'\n<sup>33</sup>Затоа веднаш испратив по тебе и ти добро направи што дојде. Еве нѐ сега сите нас, собрани овде пред Бог, за да слушнеме што сѐ ти е доверено од Господ.“\n28 Петровата проповед во домот на Корнелие\n<sup>34</sup>Тогаш Петар почна да зборува: „Сега сфаќам дека Бог навистина не е пристрасен кон никого,\n<sup>35</sup>туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа.\n<sup>36</sup>Вие ја знаете пораката што им ја упати на Израелците, нудејќи им Радосна вест за помирување преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.\n<sup>37</sup>Знаете што сѐ се случуваше во Јудеја, почнувајќи од Галилеја, откако Јован Крстител почна да проповеда дека секој треба да се крсти.\n<sup>38</sup>Потоа Бог Го помаза Исус од Назарет со Светиот Дух и Му даде сила. Исус цел живот правеше добрини и ги исцелуваше сите што беа угнетени од ѓаволот, зашто Бог беше со Него.\n<sup>39</sup>А ние, апостолите, сме сведоци за сѐ што Тој направи во земјата на Евреите и во Ерусалим. Него Го убија, Го распнаа на крст.\n<sup>40</sup>Но на третиот ден, Бог Го воскресна, Му овозможи да се појави,\n<sup>41</sup>не на сите луѓе, туку само на сведоците што Бог ги беше одбрал од порано, односно нам што јадевме и пиевме со Него откако Тој воскресна од мртвите.\n<sup>42</sup>Тој ни заповеда да им проповедаме и да ги уверуваме луѓето дека Исус е Судијата назначен од Бог, и Тој ќе им суди и на живите, и на мртвите.\n<sup>43</sup>Сите пророци зборуваа за Исус и навестија дека на сите што веруваат во Него им се простуваат гревовите преку вера во Неговото име.“\n29 Примањето на Светиот Дух и крштавањето на првите неевреи\n<sup>44</sup>Додека Петар зборуваше, Светиот Дух слезе врз сите што ја слушаа пораката.\n<sup>45</sup>Христијаните од еврејско потекло кои го придружуваа Петар, се изненадија кога видоа дека Светиот Дух и духовните дарови им беа дадени и на луѓе што не се Евреи.\n<sup>46</sup>Тука, пред нивни очи, ги слушаа како зборуваат на туѓи јазици и Го прославуваат Бога.\nТогаш Петар рече.\n<sup>47</sup><Може ли некој да не им дозволи на овие луѓе да се крстат во вода, кога тие Го примија Светиот Дух исто како и ние!?“\n<sup>48</sup>Така Петар им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив уште неколку дена.\n= Глава 11 =\n30 Петар ги урива еврејските предрасуди\n<sup>1</sup>Апостолите и другите христијани во Јудеја разбраа дека и неевреите ја прифатиле Божјата порака.\n<sup>2</sup>Кога Петар се врати горе, во Ерусалим, некои од Евреите - христијани почнаа да му приговараат:\n<sup>3</sup>велејќи му: „Си влегол во куќа полна со необрежани луѓе и си јадел со нив!“\n<sup>4</sup>Тогаш Петар почна да им објаснува што се случи, и им рече:\n<sup>5</sup><Бев во градот Јопа. Додека се молев, паднав во занес и имав видение: нешто како големо ленено платно врзано за ќошињата се спушти од небото и дојде до мене.\n<sup>6</sup>Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, лазачи и птици.\n<sup>7</sup>Потоа слушнав глас: >Петар! Стани, коли и јади!'\n<sup>8</sup>Јас одговорив: >Никако Господи, зашто она што е забрането да се јаде според еврејските закони никогаш не влегло во мојата уста!'\n<sup>9</sup>Гласот од небото по вторпат ми проговори: >Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го очистил!'\n<sup>10</sup>Тоа се случи трипати и потоа платното со животните се врати на небото.\n<sup>11</sup>Веднаш потоа, пред куќата во која престојував, се појавија тројца мажи од Цезареа. Тие беа испратени по мене.\n<sup>12</sup>Светиот Дух ми рече да одам со нив, без да се двоумам. Со мене појдоа и шестмина христијани. Заедно отидовме во домот на човекот што ме повика.\n<sup>13</sup>Тој ни раскажа како во својот дом видел ангел, кој му рекол: >Испрати луѓе во Јопа и викни го Симон, кого уште го викаат Петар.\n<sup>14</sup>Тој ќе ти каже како да се спасите ти и сите што живеат во твојот дом.'\n<sup>15</sup>Тукушто почнав да зборувам, Светиот Дух слезе врз нив, исто како што слезе и врз нас на почетокот.\n<sup>16</sup>Тогаш се сетив на она што Господ ни го рече: >Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.'\n<sup>17</sup>Ако Бог, им го даде истиот дар како и нам, кога и тие поверуваа во Исус Христос, кој сум јас да Му се противставувам на Бог!?“\n<sup>18</sup>Кога го слушнаа ова, престанаа да негодуваат и Го прославија Бога, велејќи: „Значи и на неевреите Бог им даде можност да се покаат и да добијат вечен живот!“\n== Зачетоци на Црква во сириска Антиохија\nВоведување на името >христијани' ==\n<sup>19</sup>Во меѓувреме, христијаните што се беа распрснале поради прогонствата што настапија по убиството на Стефан, и беа стигнале до Феникија, Кипар и Антиохија, не им ја проповедаа Радосната вест на другите народи, туку само на Евреите.\n<sup>20</sup>Имаше само неколкумина од Кипар и Кирена, кои, откако стигнаа во Антиохија, и им проповедаа и на Грците дека Исус е Господ.\n<sup>21</sup>Силата Господова беше со нив и голем број поверуваа и се обратија кон Господ.\n<sup>22</sup>Кога за ова слушнаа луѓето од ерусалимската црква, го испратија Барнаба во Антиохија.\n<sup>23</sup>Тој дојде и, восхитен од Божјата благонаклоност се радуваше и ги охрабруваше сите да Му останат верни и посветени на Господ.\n<sup>24</sup>Барнаба беше добар човек, исполнет со Светиот Дух и со силна вера. Тогаш голем број луѓе се приклонија кон Господ.\n<sup>25</sup>Потоа Барнаба замина за Тарс да го бара Саул,\n<sup>26</sup>па кога го најде, го доведе во Антиохија. Цела една година останаа таму. Се собираа во црквата и поучуваа многу народ. Токму во Антиохија следбениците на Христос за прв пат ги нарекоа христијани.\n<sup>27</sup>Во тоа време од Ерусалим во Антиохија дојдоа неколку пророци.\n<sup>28</sup>Еден од нив по име Агав претскажа преку Светиот Дух дека по целото римско царство ќе настапи голем глад. Тоа навистина и се случи во времето на Клаудие.\n<sup>29</sup>Тогаш христијаните во Антиохија решија секој, според своите можности, да им испрати помош на христијаните во Јудеја.\n<sup>30</sup>Така и направија, испраќајќи ја помошта до тамошните старешини, преку Барнаба и Саул.\n= Глава 12 =\n31 Убиството на Јаков и апсењето на Петар\n<sup>1</sup>Во тоа време, царот Ирод Агрипа им зададе многу маки на неколку припадници на Црквата.\n<sup>2</sup>Со меч го погуби апостолот Јаков, братот на Јован.\n<sup>3</sup>Кога виде дека со тоа им угодува на Еврејските челници, го уапси и Петар, и тоа за време на празникот Бесквасници.\n<sup>4</sup>Го фати Петра, го затвори и нареди четири групи од по четири војници да го чуваат, а по Пасхата да го изведе на јавно судење пред народот.\n<sup>5</sup>Додека Петар беше в затвор, целата Црква усрдно Му се молеше на Бог за него.\n32 Петар на чудотворен начин излегува од затворот\n<sup>6</sup>Ноќта, пред Ирод да го изведе на суд, Петар спиеше меѓу двајца војници, врзан со два синџира, а пред вратата на затворот стоеше стража.\n<sup>7</sup>Одеднаш, ангел Господов му пријде и светлина болсна во ќелијата. Го потчукна по рамото и го разбуди, велејќи му: „Станувај брзо!“ Тогаш ланците паднаа од неговите раце,\n<sup>8</sup>а ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги сандалите!“ Петар го послуша. Потоа му рече: „Облечи си ја наметката и врви по мене!“\n<sup>9</sup>Така Петар излезе од затворот, следејќи го ангелот, и не беше свесен дека тоа што се случува е на јаве, туку мислеше дека сонува.\n<sup>10</sup>Ја поминаа првата стража, ја поминаа и втората стража, дојдоа пред железната градска порта и таа сама им се отвори, па излегоа и тргнаа по една улица. Тогаш ангелот исчезна.\n<sup>11</sup>А кога Петар, дојде на себеси, рече: „Сега се уверив дека Господ навистина испрати Свој ангел да ме избави од Ирод и од она што сакаа да ми го сторат Евреите!“\n<sup>12</sup>Потоа Петар се упати кон куќата на Марија, мајката на Јован, со прекар Марко. Таму имаше многу христијани собрани на молитва.\n<sup>13</sup>Чукна на портата. Дојде слугинката по име Рода\n<sup>14</sup>и кога му го позна гласот, од радост не му отвори, туку втрча во куќата и им кажа дека Петар стои пред портата.\n<sup>15</sup><Ти не си при себе!“ - ѝ рекоа луѓето, но таа упорно тврдеше дека ја зборува вистината. „Тоа мора да е неговиот ангел!“ - велеа тие.\n<sup>16</sup>Петар продолжуваше да чука и кога конечно му отворија и го видоа, се стаписаа!\n<sup>17</sup>Им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од затворот, па додаде: „Јавете му за ова на Јаков и на другите браќа - христијани.“ Потоа Петар си замина и отиде на друго место.\n<sup>18</sup>Кога се раздени, настана паника меѓу војниците. Не знаеја што се случило со Петар!\n<sup>19</sup>Ирод испрати потера, но не го најде. Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат.\nПотоа Ирод ја напушти Јудеја и времено се пресели во Цезареа.\n33 Смртта на Ирод Агрипа\n<sup>20</sup>Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон. Тие се здружија, испратија кај него делегација. Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод.\n<sup>21</sup>На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ.\n<sup>22</sup>Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“\n<sup>23</sup>Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог. Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре.\n<sup>24</sup>А Божјата порака сѐ пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше.\n<sup>25</sup>Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Саул се вратија во Антиохија. Со себе го зедоа Јован, со прекар Марко.\n= Глава 13 =\n34 ПРВОТО МИСОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА ПАВЛЕ\n<sup>1</sup>Меѓу пророците и учителите во антиохиската црква беа и Барнаба, Симеон наречен >Црни', Луцие од Кирена, Менахем, кој беше израснал со царот Ирод, и Саул.\n<sup>2</sup>Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: „Одвојте ми ги Барнаба и Саул за една посебна задача што сакам да им ја доверам!“\n<sup>3</sup>Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија.\n35 1) Мисија во Кипар\n<sup>4</sup>Саул и Барнаба, испратени од Светиот Дух, слегоа во пристаништето Селеукија, а оттаму отпловија за островот Кипар.\n<sup>5</sup>Таму, во градот Саламис, одеа по еврејските синагоги и ја проповедаа Божјата порака. Со нив, како помошник, беше и Јован, со прекар Марко.\n<sup>6</sup>Го поминаа целиот остров, сѐ до гратчето Пафос. Таму сретнаа еден човек по име Бар-Исус. Тој се бавеше со магии и лажно им се претставуваше на Евреите како Божји пророк.\n<sup>7</sup>Од друга страна, тој му беше пријател на Сергие Павле, управник на островот. Управникот беше разумен човек, па ги покани Барнаба и Саул, сакајќи од нив да ја слушне Божјата порака.\n<sup>8</sup>Маѓесникот Елимас (така го викаа на грчки), им се спротивстави, настојувајќи да го спречи управникот да стане христијанин.\n<sup>9</sup>Тогаш Саул, познат и како Павле, се исполни со Светиот Дух, го погледна маѓесникот в очи\n<sup>10</sup>и му рече: „Човеку, ти си полн со измами и лукавствства! \\аволски син си, непријател на сѐ што е праведно! Нема ли да престанеш да лажеш и да тврдиш дека твоите лаги се вистинските патишта Господови!?\n<sup>11</sup>Еве, сега раката Господова ќе те казни: ќе ослепиш и извесно време нема да гледаш!“\nМаѓесникот веднаш ослепе и талкаше наоколку, молејќи се некој да го фати за рака и да го води.\n<sup>12</sup>Кога управникот виде што се случи, поверува, а она што го научи за Господ му остави силен впечаток.\n36 2) Апостолот Павле проповеда во писидиска Антиохија\n<sup>13</sup>Потоа Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа во пристаништето Перга, во областа Памфилија. Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.\n<sup>14</sup>Барнаба и Павле заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија, град во областа Писидија.\nВо еден саботен ден влегоа во една синагога и седнаа.\n<sup>15</sup>Откако заврши вообичаеното читање од Мојсеевите книги и од книгите на Пророците, водачите на синагогата ги поканија: „Браќа, ако имате некаква порака за народот, излезете и зборувајте!“\n<sup>16</sup>Тогаш Павле стана, ја подигна раката за да престанат да зборуваат, па рече:\n<Луѓе, Израелци и сите вие што имате страхопочит спрема Бог, слушнете!\n<sup>17</sup>Израелскиот Бог, ги одбра нашите предци и го издигна нашиот народ во времето кога беше во Египет, и победоносно го изведе оттаму.\n<sup>18</sup>Речиси четириесет години се грижеше за нив во пустината.\n<sup>19</sup>Уништи седум народи во Канаанската земја и нивната земја им ја даде на Израелците.\n<sup>20</sup>Тоа траеше околу четиристотини и педесет години. Потоа со Израелците управуваа судии, сѐ до времето на пророкот Самоил.\n<sup>21</sup>Тогаш народот побара од Бог да им постави цар и Бог им го посочи Саул, синот на Киш, од племето Бинјамин. Тој владееше четириесет години.\n<sup>22</sup>Потоа Бог го отстрани Саул и го издигна за цар Давид, за кого со благонаклоност рече: >Давид, синот на Јишај, е човек по мерак на Моето срце. Тој ќе исполни сѐ што ќе побарам од него!'\n<sup>23</sup>Исполнувајќи го Своето ветување, Бог му подигна Спасител на израелскиот народ. Тоа е Исус.\n<sup>24</sup>Пред да се појави Исус, Јован Крстител на Израелците им проповедаше да се вратат кон Бог и да се крстат.\n<sup>25</sup>Кога Јован ја завршуваше својата мисија им рече на луѓето: >Немојте да мислите дека јас сум Месијата, зашто не сум! Но Тој доаѓа веднаш по мене, и јас не сум достоен ни сандалите на нозете да Му ги одврзам!'\n<sup>26</sup>Луѓе, браќа, потомци на Авраам и сите вие што имаат страхопочит спрема Бог, оваа порака за спасение е испратена до сите нас!\n<sup>27</sup>Жителите на Ерусалим и нивните водачи не сфатија Кој е Исус, иако секоја сабота читаат од книгите на Пророците. Осудувајќи Го на смрт, тие го исполнија она што го претскажаа пророците.\n<sup>28</sup>Иако не му најдоа никаква вина за да Го осудат на смрт, тие инсистираа кај Пилат Исус да биде погубен.\n<sup>29</sup>Откако преку нив се исполнија сите пророштва поврзани со смртта на Месијата, тие Го симнаа од крстот и Го положија во гробница.\n<sup>30</sup>Но Бог Го воскресна од мртвите!\n<sup>31</sup>Потоа, со денови им се појавуваше на оние што дојдоа со Него од Галилеја во Ерусалим. Сега тие се Негови сведоци пред Израелскиот народ.\n<sup>32</sup>Барнаба и јас сме сега дојдени да ви пренесеме Радосна вест: Ветувањето што Бог им го беше дал на нашите предци\n<sup>33</sup>го исполни пред нас, нивните деца, кога Го воскресна Исуса! Имено, во вториот псалм Бог вели во врска со Исус:\n>Ти си Мојот Син,\nденес станав Твој Татко.'\n<sup>34</sup>Понатаму, Бог вети дека ќе Го воскресне Исуса од мртвите и дека никогаш повеќе нема да умре. Тоа е запишано со следниве зборови:\n>Тебе ќе ти го дадам\nСветиот благослов што му го ветив на Давид.'\n<sup>35</sup>Во еден друг псалм, појаснува:\n>Ти нема да дозволиш\nТвојот Светец да скапува во гробот.'\n<sup>36</sup>Ова ветување не се однесуваше на Давид, зашто Тој, откако ја изврши Божјата мисија меѓу своите современици, почина и беше прибран кај своите предци, а неговото тело се распадна.\n<sup>37</sup>Ова се однесуваше на некој друг, на Оној Кого Бог Го воскресна, на Исус. Тој не остана во гробот, Неговото тело не се распадна.\n<sup>38</sup>Затоа браќа мои, Радосната вест гласи дека само преку Исус може да ви се простат гревовите! Тој може да го стори она што не е можно да се постигне со придржување кон Мојсеевиот закон.\n<sup>39</sup>На секој што верува во Него, ќе му се прости вината, ќе биде оправдан пред Бог! Ова е нешто што не можеше да се добие преку придржување кон Мојсеевиот Закон.\n<sup>40</sup>Затоа внимавајте да не ве снајде она што е претскажано од пророците:\n<sup>41</sup>>Гледајте, вие подбивачи!\nСтаписајте се и изгинете,\nзашто она што го правам во вашите дни,\nнемаше да го верувате\nако некој ви го раскажуваше!'“\n<sup>42</sup>На излегување, луѓето ги молеа и идната сабота да им проповедаат за ова.\n<sup>43</sup>Кога се разотидоа, многу Евреи и прозелити тргнаа по Павле и Барнаба, кои им зборуваа и ги охрабруваа да Му останат верни на Бог, чија благонаклоност се излеа над нив.\n37 Павле се свртува кон неевреите\n<sup>44</sup>Следната сабота речиси целиот град се собра да ја слуша пораката Господова.\n<sup>45</sup>Кога еврејските челници видоа колку многу народ се насобра, се исполнија со завист. Почнаа да го навредуваат Павле и да му се противат на сѐ што ќе речеше.\n<sup>46</sup>Но Павле и Барнаба, решително и смело им рекоа: „Нормално беше Божјото слово да ви се проповеда прво на вас, Евреите. Но вие го одбивате, и покажувате дека не сте достојни за вечен живот; затоа сега ние се свртуваме кон другите народи.\n<sup>47</sup>Самиот Господ вака ни нареди:\n>Ве поставувам да им бидете светлина на нееврејските народи,\nда го однесете спасението, до краевите на земјата!'“\n<sup>48</sup>Слушајќи го ова, луѓето од нееврејско потекло се радуваа и Му благодареа на Господ за она што го слушаа. Тогаш сите што беа предодредени за вечен живот, поверуваа.\n<sup>49</sup>Така пораката Господова се ширеше низ целата област.\n<sup>50</sup>Тогаш еврејските челници ги подбуцнаа поистакнатите религиозни жени и градските водачи, кои се кренаа против Павле и Барнаба и ги истераа од нивната област.\n<sup>51</sup>Павле и Барнаба ја истресоа правта од стапалата и отидоа во градот Иконија,\n<sup>52</sup>а христијаните беа полни со радост и со Светиот Дух.\n= Глава 14 =\n38 3) Павле и Барнаба проповедаат во Иконија\n<sup>1</sup>Павле и Бранаба влегоа заедно во синагогата во градот Иконија и проповедаа со таква сила, што голем број и Евреи и неевреи ја прифатија христијанската вера.\n<sup>2</sup>Но оние Евреи што не поверуваа, ги подбуцнуваа луѓето од другите народи да не ги слушаат Павла и Барнаба.\n<sup>3</sup>И покрај тоа, апостолите долго време останаа таму и смело зборуваа за Господ, а Господ им даваше сила да прават чуда и видливи докази, поткрепувајќи ја така веродостојноста на Пораката за Неговата огромна благонаклоност.\n<sup>4</sup>Народот во градот беше поделен. Едни беа со Евреите - противници, а други со апостолите.\n<sup>5</sup>Кога работата дојде до таму, што противниците од Евреите и од другите народи, предводени од своите водачи, решија да ги нападнат и да ги каменуваат,\n<sup>6</sup>апостолите избегаа кон областа Ликаонија, накај градовите Листра, Дерба и околните села.\n<sup>7</sup>Таму продолжија да ја проповедаат Радосната вест.\n39 4) Павле и Барнаба во Листра: од обожавање до каменување!\n<sup>8</sup>Во градот Листра имаше еден човек со заболени нозе. Беше сакат во нозете уште од раѓање, постојано седеше и никогаш не беше проодел.\n<sup>9</sup>Додека апостолот Павле проповедаше, тој човек слушаше. Павле го забележа и кога виде дека во него има вера за да биде исцелен,\n<sup>10</sup>гласно му рече: „Стани, исправи се на своите нозе!“ Човекот скокна и прооде!\n<sup>11</sup>Кога луѓето видоа што направи Павле, почнаа силно да извикуваат, на ликаонски говор: „Боговите зеле човечки тела и слегле кај нас!“\n<sup>12</sup>Почнаа Барнаба да го викааат Зевс, а Павле - Хермес, зашто тој беше главниот говорник.\n<sup>13</sup>Свештеникот во храмот на Зевс, кој се наоѓаше пред градот, доведе бикови, донесе венци од цвеќиња пред градските портите и заедно со целиот народ сакаше да им принесе жртви на апостолите.\n<sup>14</sup>Кога слушнаа за ова апостолите Барнаба и Павле, ги раскинаа своите наметки и потрчаа накај народот, викајќи:\n<sup>15</sup><Луѓе, што правите!? И ние сме обични луѓе, како вас! Сакаме да ви објавиме Радосна вест: оставете ги овие безвредни обреди и свртете се кон Живиот Бог! Тој ги создаде небото и Земјата, морето и сѐ што е во нив!\n<sup>16</sup>Во минатото, Тој им дозволи на сите народи да одат по сопствените патишта.\n<sup>17</sup>Сепак никогаш не ги остави без сведоштво за себеси, правејќи за нив добродетелства, давајќи им дожд и плодни годишни времиња, давајќи им храна и исполнувајќи ги нивните срца со радост.“\n<sup>18</sup>Дури и откако им го рекоа ова, одвај ги убедија луѓето да не им принесуваат жртви.\n<sup>19</sup>Тогаш од Антиохија и од Иконија пристигнаа неколку Евреи, кои го подбуцнаа народот, да го каменуваат Павла. Потоа го исфрлија надвор од градот, сметајќи го за мртов.\n<sup>20</sup>Но кога тамошните христијани се собраа околу него, тој стана и се врати во градот. Утредента Павле и Барнаба заминаа за Дерба.\n40 Довршување на првото мисионерско патување: Павле и Барнаба се враќаат во сириска Антиохија\n<sup>21</sup>Откако во тој град ја проповедаа Радосната вест и придобија многу следбеници, апостолите Павле и Барнаба се вратија најпрвин во Листра, а потоа и во Иконија и писидиска Антиохија,\n<sup>22</sup>за да ги охрабрат христовите следбеници, давајќи им поттик да истраат во верата, учејќи ги дека пред да стасаме во Божјото царство ќе треба да минеме низ многу неволи.\n<sup>23</sup>Во секоја црква поставија старешини, откако постеа и се молеа, а потоа ги предадоа во рацете на Господ, во Кого поверуваа, Тој да се грижи за нив.\n<sup>24</sup>Потоа преку Писидија, се вратија во областа Памфилија.\n<sup>25</sup>Уште еднаш проповедаа во Перга, а оттаму заминаа за Аталија\n<sup>26</sup>откаде со брод се вратија во сириска Антиохија, град од којшто и го започнаа првото мисионерско патување, со доверба дека Божјата благонаклоност ќе ги води во извршувањето на работата. Таа задача сега беше успешно завршена.\n<sup>27</sup>Кога пристигнаа во Антиохија, ја собраа целата црква, им раскажаа за сѐ што Бог направи преку нив, и како и на нееврејските народи им ја отвори вратата на верата.\n<sup>28</sup>Тука останаа подолго време со тамошните христијани.\n= Глава 15 =\n41 Расправија во Антиохија околу обрежувањето\n<sup>1</sup>Во времето додека Павле и Барнаба беа во сириска Антиохија, имаше неколку луѓе дојдени од Јудеја што им говореа на новообратените христијани од нееврејско потекло, дека ако не се обрежани според обичајот оставен од Мојсеј, не можат да бидат спасени.\n<sup>2</sup>Павле и Барнаба не се согласија со ова, па дојде до голема расправија. Затоа се договорија, Павле, Барнаба и неколкумина од нив да појдат кај апостолите и старешините во Ерусалим и да се посоветуваат во врска со ова прашање.\n<sup>3</sup>Така испратени на пат од црквата минуваа низ Феникија и Самарија, и патем застануваа да ги посетат христијаните. Во текот на тие посети подробно им раскажуваа како и луѓе што не се Евреи, се обраќаат кон Бог. Со тоа многу ги израдуваа тамошните христијани.\n42 Апостолскиот Собор во Ерусалим\n<sup>4</sup>Кога Павле и Барнаба стигнаа во Ерусалим, беа примени од тамошната црква, од апостолите и старешините. Им раскажаа за сѐ што Бог направи преку нив.\n<sup>5</sup>Но станаа неколкумина што порано биле фарисеи, а сега беа христијани, па рекоа дека е неопходно сите новообратени што не се Евреи да се обрежат и да им се нареди да го спроведуваат Мојсеевиот Закон.\n<sup>6</sup>Апостолите и старешините се собраа, за да го разгледаат ова прашање.\n<sup>7</sup>По една долга расправа, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека уште од првите денови Бог избра другите народи токму од мојата уста да ја слушнат Радосната вест и да поверуваат.\n<sup>8</sup>Бог, Кој ги познава човечките срца, потврди дека ги прифаќа и неевреите со тоа што им го даде Светиот Дух, како и нам.\n<sup>9</sup>Тој не направи никаква разлика меѓу нас и нив. Ги очисти и нивните срца преку вера.\n<sup>10</sup>Зошто сега вие не го прифаќате начинот што Бог го одбра и врз вратовите на нееврејските христијани ставате јарем, кој ниту нашите предци, ниту ние не можевме да го носиме?\n<sup>11</sup>Ние веруваме дека спасението и за нас и за нив е преку дарежливата благонаклоност на Господ Исус.“\n<sup>12</sup>Тогаш сите што беа собрани замолкнаа и ги слушаа Барнаба и Павле како раскажуваат за многубројните видливи докази и чуда што Бог ги направи преку нив меѓу нееврејските народи.\n<sup>13</sup>После нив проговори Јаков: „Луѓе, браќа, слушнете што ќе ви кажам!\n<sup>14</sup>Симон Петар ви објасни како Самиот Бог најнапред се погрижи да придобие Свои луѓе и од другите, нееврејски народи.\n<sup>15</sup>Тоа е во согласност со претскажувањата на пророците, кои ги запишале Божјите зборови:\n<sup>16</sup>>Подоцна ќе се вратам\nи ќе го обновам паднатиот шатор на Давид,\nурнатините ќе ги поправам\nи повторно ќе ги кренам,\n<sup>17</sup>така што остатокот од човештвото, меѓу кои се\nи сите нееврејски народи\nкои Јас сум ги повикал да бидат Мои,\nќе можаат да Го најдат Господа.'-\nВака рече Господ,\n<sup>18</sup>Кој уште пред векови\nни ги објави овие нешта.\n<sup>19</sup>Затоа јас сметам дека не треба да им отежнуваме на луѓето од нееврејско потекло кои решиле да се свртат кон Бог.\n<sup>20</sup>Да им напишеме само да не јадат месо што е принесено како жртва на идоли, да се пазат од блуд, да не јадат удавени животни и да не консумираат крв.\n<sup>21</sup>Зашто овие закони од Мојсеј, се проповедаат секоја сабота по еврејските синагоги во сите градови.“\n43 Писмо до христијаните од нееврејските народи\n<sup>22</sup>Тогаш апостолите, старешините и целата црква во Ерусалим решија да изберат луѓе и да ги испратат во сириска Антиохија, заедно со Павле и Барнаба за да им ја пренесат оваа одлука. Одбраа двајца од водачите на црквата: Јуда, наречен Барсаба, и Сила.\n<sup>23</sup>Ним им го предадоа следното писмо:\n<Од апостолите и старешините, ваши браќа од Ерусалим,\nдо христијаните од нееврејско потекло во Антиохија, Сирија и Киликија.\nПоздрави до вас!\n<sup>24</sup>Слушнавме дека кај вас дошле луѓе од овде и без да добијат од нас никакви упатства, ви издавале разни заповеди, со што многу ве вознемириле.\n<sup>25</sup>Затоа, откако постигнавме согласност по ова прашање, избравме луѓе што ќе ги испратиме кај вас, заедно со нашите сакани Барнаба и Павле,\n<sup>26</sup>луѓе што Му ги посветиле своите животи на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>27</sup>Ги испраќаме Јуда и Сила, кои и усмено ќе ви го објаснат ова што ви го пишуваме.\n<sup>28</sup>Светиот Дух и ние решивме да не ве оптоваруваме со други бремиња, освен со овие неколку нешта, што се неопходни:\n<sup>29</sup>да не јадете месо што е принесено како жртва на идоли, да не консумирате крв, да не јадете задавени животни и да се пазите од блуд. Доволно е да се придржувате до овие упатства.\nБидете поздравени!“\n<sup>30</sup>Така четворицата испратени заминаа за сириска Антиохија. Таму свикаа собрание на сите христијани и им го предадоа писмото.\n<sup>31</sup>Луѓето го прочитаа и многу ѝ се израдуваа на неговата содржина.\n<sup>32</sup>А Јуда и Сила, обајцата Божји пророци, долго им зборуваа на христијаните, охрабрувајќи ги и зајакнувајќи им ја верата.\n<sup>33</sup>Поминаа со нив извесно време, а потоа со благослов од христијаните се вратија во Ерусалим кај оние што ги испратија.\n<sup>34</sup><sup>35</sup>Павле и Барнаба останаа во Антиохија, каде што заедно со многу други луѓе поучуваа и ја проповедаа пораката од Господ.\n44 Павле и Барнаба се разделуваат\n<sup>36</sup>По извесно време Павле му рече на Барнаба: „Ајде да се вратиме и повторно да ги посетиме христијаните по сите градови каде што ја проповедавме пораката од Господ, за да видиме како се.“\n<sup>37</sup>Барнаба се согласи, но продолжи да го поведат со себе и Јован, со прекар Марко.\n<sup>38</sup>Меѓутоа, Павле сметаше дека не треба да водат со себе, човек што веќе еднаш ги остави во Памфилија и се повлече од работата.\n<sup>39</sup>Несогласувањето беше толку остро што тие се разделија. Барнаба, го зеде со себе Марко и тие отпловија за Кипар.\n<sup>40</sup>Павле пак, го зеде со себе Сила, и заедно тргнаа на пат, откако верните се помолија Господ да им биде благонаклонет.\n<sup>41</sup>Така тие пропатуваа низ Сирија и Киликија, и по сите цркви ги охрабруваа христијаните.\n= Глава 16 =\n45 ВТОРОТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА АПОСТОЛОТ ПАВЛЕ\n<sup>1</sup>Павле и Сила пристигнаа прво во Дерба, а оттаму и во Листра. Таму имаше еден млад Христов следбеник по име Тимотеј. Неговата мајка веруваше во Господ. Таа беше Еврејка, а татко му беше Грк.\n<sup>2</sup>Тимотеј уживаше голем углед меѓу верниците во Листра и Иконија.\n<sup>3</sup>Павле реши да го поведе со себе. Заради Евреите што живееја во тој град, уреди Тимотеј да биде обрежан пред да тргнат на пат, зашто сите знаеја дека неговиот татко беше Грк.\n<sup>4</sup>Како што одеа од град во град, им ги пренесуваа на христијаните уредбите до кои треба да се придржуваат според решението на апостолите и старешините во Ерусалим.\n<sup>5</sup>Така црквите стануваа сѐ посилни во верата, а и нивниот бројот секојдневно се зголемуваше.\n46 Павле добива повик од Македонија\n<sup>6</sup>Тие патуваа низ областите Фригија и Галатија, бидејќи Светиот Дух не им дозволуваше да одат и да проповедаат во областа Азија.\n<sup>7</sup>Пристигнаа до границите на областа Мизија и сакаа да се упатат накај областа Битинија, но Духот на Исус не им дозволи.\n<sup>8</sup>Минувајќи низ Мизија, слегоа до градот Троада.\n<sup>9</sup>Во текот на ноќта, Павле имаше видение: Еден Македонец, стоеше пред него и го молеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“\n<sup>10</sup>По тоа негово видение, ние веднаш се упативме накај Македонија, сфаќајќи дека Бог нѐ повикува таму да ја проповедаме Радосната вест.\n47 2) Во градот Филипи: обраќањето на Лидија\n<sup>11</sup>Отпловивме од Троада и се упативме накај островот Самотраки, а следниот ден пристигнавме во пристаништето Неаполис.\n<sup>12</sup>Оттаму заминавме за Филипи, важен град во областа Македонија. Тој град беше римска колонија. Таму останавме неколку дена.\n<sup>13</sup>Во еден саботен ден излеговме од портите на градот покрај една река, каде што претпоставувавме дека им е местото за молитва. Седнавме и позборувавме со неколку жени што беа дојдени на тоа место.\n<sup>14</sup>Меѓу нив имаше една жена по име Лидија од градот Тијатир. Таа се занимаваше со продавање на скапоцени пурпурни ткаенини. Лидија веруваше во Бог. Додека нѐ слушаше, Господ ѝ го отвори срцето и таа го прифати она што го зборуваше Павле.\n<sup>15</sup>Откако таа и нејзините домашни се крстија, упорно нѐ канеше да бидеме нејзини гости: „Ако сметате дека имам вера во Господ, дојдете и останете во мојот дом додека престојувате во овој град.“ Така нѐ убеди и останавме.\n48 Павле и Сила в затвор\n<sup>16</sup>Еден ден, додека одевме на тоа место за молитва, нѐ сретна една робинка која се бавеше со вражање. Таа со своето вражање им носеше многу пари на своите господари.\n<sup>17</sup>Тргна по Павле и по нас, и почна да вика: „Овие луѓе Му се службеници на Севишниот Бог! Тие се дојдени да ви кажат како можете да се спасите!“\n<sup>18</sup>Тоа го правеше со денови, па кога на Павле му досади, се сврте кон духот што ја обземаше девојката, и му рече: „Ти наредувам во името на Исус Христос да излезеш од неа!“ Во истиот час вражачкиот дух излезе од неа.\n<sup>19</sup>Нејзините господари сфатија дека згасна нивниот извор на приходи, па ги фатија Павле и Сила, и ги одвлечкаа на пазариштето, пред градските власти.\n<sup>20</sup>Ги изведоа пред судиите и почнаа да викаат: „Овие Евреи го вознемируваат целиот град!\n<sup>21</sup>Тие проповедаат обичаи кои за нас Римјаните се неприфатливи!“\n<sup>22</sup>Против Павле и Сила веднаш нагрвали толпа народ, а судиите наредија да им ги соблечат горните облеки и да ги тепаат со стапови.\n<sup>23</sup>Откако сурово ги претепаа, ги фрлија в затвор и му наредија на чуварот добро да внимава на нив.\n<sup>24</sup>Чуварот ја спроведе наредбата, ги фрли во најдлабокиот дел од затворот и им ги стегна нозете во пранги.\n<sup>25</sup>Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.\n<sup>26</sup>Одеднаш силен земјотрес ги измести темелите на затворот; сите врати се отворија и прангите на сите затвореници им паднаа од нозете.\n<sup>27</sup>Чуварот се разбуди и кога виде дека вратите на затворот се отворени, го извади мечот за да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.\n<sup>28</sup>Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш! Сите сме овде!“\n<sup>29</sup>Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила.\n<sup>30</sup>Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“\n<sup>31</sup>Тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!“\n<sup>32</sup>Потоа тие нему и на сите што беа во неговиот дом им проповедаа за Господ,\n<sup>33</sup>а тој, уште ноќта, им ги изми раните и не чекајќи ниту миг беше крстен, и тој и сите негови домашни.\n<sup>34</sup>Ги одведе горе, во својата куќа, постави пред нив трпеза, па тој и сите негови домашни многу се радуваа што поверуваа во Бог.\n<sup>35</sup>Кога се раздени градските судиите испратија службеници да му речат на чуварот: „Ослободи ги тие луѓе!“\n<sup>36</sup>Чуварот му ги пренесе овие зборови на Павле: „Судиите ми наредија да ве ослободам, затоа слободно одете си.“\n<sup>37</sup>Меѓутоа Павле, им одговори: „Ние сме римски граѓани, а властите наредија јавно да нѐ тепаат, без да ни се суди. Потоа нѐ затворија. Зар сега сакаат тајно да нѐ ослободат? Не може така! Нека дојдат судиите и тие лично нека нѐ ослободат!“\n<sup>38</sup>Службениците им ја пренесоа на судиите пораката, а овие, кога дознаа дека Павле и Сила се римски граѓани, се уплашија.\n<sup>39</sup>Дојдоа, им се извинија, ги извадија од затворот и ги молеа да го напуштат градот.\n<sup>40</sup>Кога излегоа од затворот, Павле и Сила отидоа во домот на Лидија за да се видат со христијаните и да ги охрабрат, а потоа отпатуваа.\n= Глава 17 =\n49 3) Павле проповеда во Солун\n<sup>1</sup>Потоа Павле и Сила поминаа низ градовите Амфиполис и Аполонија, па пристигнаа во Солун. Таму имаше еврејска синагога.\n<sup>2</sup>Како што обично правеше, Павле дојде кај нив и три саботи по ред им проповедаше од Светото писмо,\n<sup>3</sup>објаснувајќи им и докажувајќи им дека беше неопходно Месијата да пострада и да воскресне од мртвите. Тој им рече: „Исус е Месијата. За Него ви проповедам.“\n<sup>4</sup>Некои од нив поверуваа и им се приклучија на Павле и Сила, а пристапија и голем број побожни Грци и доста жени од високите кругови.\n<sup>5</sup>Евреите ги фати завист, па собраа од пазариштето неколку денгубци и тргнаа во толпа да го вознемируваат целиот град. Ја нападнаа куќата на Јасон и бараа да им ги изведат Павле и Сила пред толпата.\n<sup>6</sup>Откако не ги најдоа таму, го фатија Јасон, заедно со неколкумина други христијани, и ги одвлекоа кај градските власти, па почнаа да викаат: „Тие што го вознемирија целиот свет, сега пристигнаа и овде!\n<sup>7</sup>А Јасон ги прибира и сите тие ги кршат законите на римскиот император со тоа што тврдат дека постои друг цар - некој си Исус!“\n<sup>8</sup>Слушајќи го ова, народот и властите се вознемирија,\n<sup>9</sup>меѓутоа, откако зедоа од Јасон и од другите христијани пари во залог - ги ослободија.\n50 4) Павле и Сила во Верија\n<sup>10</sup>Уште истата ноќ христијаните од Солун итно ги испратија Павле и Сила во градот Верија. А тие, штом стигнаа во градот, влегоа во еврејската синагога.\n<sup>11</sup>Евреите од Верија беа многу поблагородни од оние во Солун и со одушевување го примаа она што им го проповедаше Павле. Секојдневно го проучуваа Светото писмо, за да проверат дали она што тој им го проповеда е вистина.\n<sup>12</sup>Затоа многумина од тамошните Евреи поверуваа, а поверуваа и доста истакнати жени и мажи од Грците.\n<sup>13</sup>Кога Евреите од Солун дознаа дека Павле и во Верија ја проповеда Божјата порака, дојдоа да ги подбуцнуваат луѓето против Павле.\n<sup>14</sup>Тогаш христијаните веднаш го испратија Павле до морскиот брег, а Сила и Тимотеј останаа во Верија.\n<sup>15</sup>Неколку христијани го спроведоа Павле до Атина. Потоа Павле им рече да се вратат и да им пренесат на Сила и Тимотеј што е можно побрзо да дојдат и тие.\n51 5) Павле проповеда во Атина\n<sup>16</sup>Додека Павле ги чекаше во Атина, духот му се потресе гледајќи го градот полн со идоли.\n<sup>17</sup>Секој ден во синагогата разговараше со Евреите и со побожните луѓе од другите народи што доаѓаа таму. Одеше и на пазарот и им проповедаше на луѓето што ги среќаваше таму.\n<sup>18</sup>Се расправаше и со неколкумина епикурејски и стоички филозофи. Кога почна да им зборува за Исус и за воскресението, некои од нив си рекоа: „Што сака да каже овој брборко!?“ Други велеа: „Проповеда за некоја нова вера!“\n<sup>19</sup>Го одведоа пред Советот на филозофите наречен Ареопаг и му рекоа: „Може ли сега да слушнеме какво е ова ново учење што ни го проповедаш?\n<sup>20</sup>Тврдиш некои чудни работи и сакаме да чуеме повеќе за тоа.“\n<sup>21</sup>(Атинјаните и туѓинците што беа во посета на Атина си го поминуваа времето зборувајќи или слушајќи за нови работи.)\n<sup>22</sup>Павле застана сред Ареопагот и рече: „Атињани! Забележав дека сте вие многу побожни луѓе,\n<sup>23</sup>зашто, минувајќи и гледајќи ги вашите светилишта, видов и еден жртвеник на кој пишуваше: >На непознат Бог.' Значи вие Го обожавате, иако не Го познавате. Јас сакам да ви проповедам за Него.\n<sup>24</sup>Тој Бог го создаде светот и сѐ што е во него. Тој е Господар на небото и Земјата. Не живее во храмови изградени од човечки раце.\n<sup>25</sup>Тој нема потреба да Му служите со дарови од вашите раце, бидејќи нема потреба од ништо. На целиот жив свет Тој му дава живот и здив и сѐ што им треба.\n<sup>26</sup>Сите народи ги создаде од еден човек, ги насели по целата земја, им определи во кое време ќе постојат и во кои граници ќе бидат нивните живеалишта,\n<sup>27</sup>за да Го бараат Бога, да допрат до Него и да Го најдат, зашто Тој е близу до секој од нас!\n<sup>28</sup>Бидејќи Тој ни овозможува да живееме, да се движиме и да бидеме тоа што сме. Како што вели и еден од вашите поети: >Ние сме Негови деца.'\n<sup>29</sup>Затоа, штом знаете дека сме Божји деца, не треба да мислиме дека идолите се богови. Тие се само злато, сребро или камен, обликувани со вештината и според замислата на обични луѓе.\n<sup>30</sup>Не земајќи го предвид времето кога луѓето не го знаеле ова, Бог сега им порачува на сите луѓе, насекаде, да се одвратат од идолите и да се свртат кон Бог.\n<sup>31</sup>Зашто Тој има определено ден во кој праведно ќе му суди на целиот свет, преку Човекот што за тоа Го определи и уверливо го потврди воскреснувајќи Го од мртвите.“\n<sup>32</sup>Кога слушнаа дека зборува за воскреснување од мртвите, некои луѓе почнаа да му се подбиваат, но други рекоа: „Сакаме повторно да ни зборуваш за ова!“\n<sup>33</sup>Тогаш Павле си замина оттаму,\n<sup>34</sup>а неколку души поверуваа и му се придружија. Меѓу нив беа: Дионисие, член на Ареопагот (Советот на филозофите), една жена по име Дамара и уште неколкумина други.\n= Глава 18 =\n52 6) Павле проповеда во Коринт\n<sup>1</sup>Потоа Павле отпатува од Атина за Коринт.\n<sup>2</sup>Таму се сретна со еден Евреин по име Акила, родум од Понт. Тој, заедно со својата жена Присцила, неодамна беше пристигнал од Италија, бидејќи императорот Клаудие беше наредил сите Евреи да го напуштат Рим. Павле отиде кај нив,\n<sup>3</sup>и бидејќи го знаеше нивниот занает - изработка на шатори - тој остана кај нив и заедно работеа.\n<sup>4</sup>Секоја сабота Павле одеше во тамошната синагогата и им проповедаше и на Евреи и на Грци.\n<sup>5</sup>Кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле уште поревносно им проповедаше на Евреите дека Исус е Месијата што го чекаат.\n<sup>6</sup>Но кога тие се свртеа против него и почнаа да го навредуваат, тој им ја врати и прашината од наметката и им рече: „По своја вина ќе загинете! Јас немам вина за тоа! Отсега ќе одам да им проповедам на другите народи!“\n<sup>7</sup>Си замина оттаму и се пресели во куќата на Тицие Јуст, побожен човек чија куќа беше веднаш до синагогата.\n<sup>8</sup>Управник на синагогата беше Крисп, кој со сите свои домашни поверуваа во Господ. Поверуваа и многу други жители на Коринт, кои ја слушнаа пораката, а откако поверуваа, потоа и се крстија.\n<sup>9</sup>Една ноќ, Господ му порача на Павле преку видение: „Не плаши се! Немој да молчиш, туку зборувај!\n<sup>10</sup>Јас сум со тебе и никој нема да ти направи никакво зло! Има многу Мои луѓе во овој град!“\n<sup>11</sup>Така Павле остана во Коринт една година и шест месеци, проповедајќи им ја на луѓето Божјата порака.\n<sup>12</sup>Но кога Галио стана управник на Ахаја, извесен број Евреи се здружија и се кренаа против Павле. Го изведоа на суд пред Галио,\n<sup>13</sup>изнесувајќи го против него следното обвинение: „Овој човек ги наговара луѓето да Му пристапуваат на Бог на начин што е спротивен на нашиот верски Закон!“\n<sup>14</sup>Пред Павле уста да отвори, Галио се сврте накај Евреите и им рече: „Евреи, ако се работеше за злосторство или за некаков престап, ќе бев обврзан да ве ислушам;\n<sup>15</sup>но со оглед на тоа што се работи за учења, за личности и за вашиот верски Закон, тоа расчистете си го самите меѓу себе. Јас немам намера да ви пресудувам за такви нешта!“\n<sup>16</sup>Потоа ги избрка од судницата.\n<sup>17</sup>А тие го фатија Состен, кој беше управник на синагогата, и го тепаа пред судот, но Галио воопшто не интервенираше.\n53 Второто мисиско патување завршува: Павле се враќа во сириска Антиохија\n<sup>18</sup>Павле остана во Коринт уште извесно време, а потоа се збогува со тамошните христијани и отплови за Сирија. Со него отпатуваа и Присцила и Акила. (Претходно, во Кенкреа, согласно со еврејските обичаи, Павле си ја беше избричал главата, зашто имаше дадено таков завет.)\n<sup>19</sup>Кога пристигнаа во пристаништето Ефес, Павле се раздели од своите придружници. Додека беше во Ефес, отиде во синагогата и им проповедаше на Евреите.\n<sup>20</sup>Тие го замолија да остане кај нив подолго време, но тој не прифати,\n<sup>21</sup>туку, збогувајќи се со нив, им рече: „Ако даде Бог, пак ќе се вратам кај вас.“ Потоа отплови од Ефес.\n<sup>22</sup>Дојде до пристаништето Цезареа, се поздрави со луѓето од црквата, па замина за Антиохија.\n<sup>23</sup>Откако остана извесно време во сириска Антиохија, Павле одново тргна на пат, посетувајќи ги редум христијаните во областите на Галатија и Фригија, за да ги охрабри.\n54 Аполос проповеда во Ефес и Ахаја\n<sup>24</sup>Во меѓувреме, во Ефес пристигна еден Евреин по име Аполос. Тој беше родум од градот Александрија, во Египет. Беше вешт говорник и добро ги познаваше Божјите книги.\n<sup>25</sup>Веќе беше упатен на Патот Господов и многу ревносно и точно проповедаше за Исус, иако знаеше само за крштавањето на Јован Крстител.\n<sup>26</sup>Тој почна смело да зборува во синагогата. Кога го слушнаа Присцила и Акила, го зедоа кај нив и уште подобро му го објаснија Божјиот Пат.\n<sup>27</sup>Аполос реши да замине за Ахаја. Христијаните од Ефес го охрабрија и им напишаа писма на христијаните во Ахаја, со препорака да го прифатат. Кога пристигна во Ахаја, Аполос многу им помогна на новообратените христијани кои поверуваа благодарение на Божјата дарежлива благонаклоност.\n<sup>28</sup>Тој на јавни дебати ги побиваше Евреите, со силни аргументи, докажувајќи им преку Божјите книги дека Исус е Месијата што им беше предвестен.\n= Глава 19 =\n55 ТРЕТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ\n<sup>1</sup>Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот. Таму најде неколку нови Христови следбеници,\n<sup>2</sup>и ги праша: „Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?“\nТие му одговорија: „Ние и не знаеме дека постои Свет Дух!“\n<sup>3</sup>Тогаш Павле ги праша: „А како сте крстени?“\n<Онака како што крштаваше Јован Крстител“ - му одговорија тие.\n<sup>4</sup>Павле им рече: „Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови. И самиот тој им велеше на луѓето дека е неопходно да веруваат во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.“\n<sup>5</sup>Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овојпат во името на Господ Исус.\n<sup>6</sup>Потоа Павле се помоли за нив, положувајќи ги над нив рацете и Светиот Дух слезе врз нив, па тие почнаа да зборуваат на други јазици и да пророкуваат.\n<sup>7</sup>Во таа група беа околу дванаесет мажи.\n56 1) Апостолот Павле проповеда во Ефес\n<sup>8</sup>Потоа Павле одеше во ефешката синагога три месеци со голем жар им проповедаше на Евреите, се расправаше со нив и ги убедуваше во врска со Божјото царство.\n<sup>9</sup>Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење, Павле ја напушти синагогата, но ги поведе со себе оние што поверуваа во Христа и секојдневно проповедаше во училиштето на Тиран.\n<sup>10</sup>Ова продолжи во текот на две години, така што сите жители на Азија, и Евреи и Грци, имаа можност да ја слушнат Господовата порака.\n<sup>11</sup>Бог преку Павле, правеше многу необични чуда,\n<sup>12</sup>така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле, болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.\n<sup>13</sup>Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“\n<sup>14</sup>Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот првосвештеник Скева.\n<sup>15</sup>Но демонскиот дух им одговори: „Исус Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!“\n<sup>16</sup>Па го натера човекот во кој беше влезен да се нафрли врз нив и да ги претепа, па тие голи и разранети избегаа куќата.\n<sup>17</sup>За ова дознаа сите што живееја во Ефес, и Евреи, и Грци, па ги фати страв и искажуваа голема почит спрема името на Господ Исус.\n<sup>18</sup>Мнозина од оние што поверуваа, доаѓаа и се исповедаа, признавајќи ги своите грешни дела.\n<sup>19</sup>Дури и некои од оние што се занимавале со магии ги донесуваа своите книги за магии и пред сите ги запалуваа. Цената на запалените книги изнесуваше педесет илјади сребреници.\n<sup>20</sup>Така пораката за Господ брзо се ширеше и јакнеше.\n57 Бунт против христијанството во Ефес\n<sup>21</sup>После овие настани, поттикнат од Светиот Дух, Павле реши да ги посети Македонија и Ахаја, па да замине за Ерусалим. „А потоа,“ - рече тој - „ќе треба да го посетам и Рим.“\n<sup>22</sup>Ги испрати во Македонија двајцата свои помошници, Тимотеј и Ераст, а тој уште некое време остана во Азија.\n<sup>23</sup>Во тоа време во Ефес настанаа големи немири заради Христовото учење.\n<sup>24</sup>Еден златар по име Димитри, кој изработуваше сребрени модели од храмот на божицата Артемида и на тој начин се богатеа и тој и неговите соработници,\n<sup>25</sup>ги собра сите што се бавеа со оваа и слична работа и им рече: „Луѓе, вие знаете дека нашето богатство доаѓа од овој занает.\n<sup>26</sup>Гледате и слушате дека не само во Ефес, туку речиси во цела Азија, овој човек Павле, разубеди и одврати многу луѓе, велејќи им дека овие предмети направени од човечка рака не се богови.\n<sup>27</sup>Постои опасност не само нашиот занает да падне во немилост, туку и храмот на големата божица Артемида сосема да ја загуби својата важност, да исчезне нејзината величественост што ја почитува цела Азија и целиот свет!“\n<sup>28</sup>Кога го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да викаат: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“\n<sup>29</sup>Во градот настана мешаница и откако ги фатија Македонците Гај и Аристарх, сопатници на Павле, сите се собраа во градскиот амфитеатар.\n<sup>30</sup>Павле сакаше да се појави пред насобраната толпа, но тамошните христијани го одвратија од таквата намера,\n<sup>31</sup>а и некои луѓе од власта што му беа пријатели му испратија порака, молејќи го да не се појавува во амфитеатарот.\n<sup>32</sup>Собирот се претвори во збрка. Едни викаа едно, други друго, а повеќето воопшто не знаеја за што се собрани.\n<sup>33</sup>Евреите го посочија Александар и го изведоа напред, а тој мавна со раката за да ги смири и да даде објаснување пред толпата,\n<sup>34</sup>но кога слушнаа дека тој е Евреин, сите во еден глас викаа речиси два часа: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“\n<sup>35</sup>Најпосле градоначалникот ја смири толпата и рече: „Граѓани на Ефес! Има ли некој што не знае дека Ефес е град заштитник на храмот на големата божица Артемида и на кипот што ни падна од небото!?\n<sup>36</sup>Ова никој не може да го оспори, затоа треба да се смирите и да не правите ништо непромислено.\n<sup>37</sup>Овие луѓе што сте ги довеле овде, ниту го ограбиле храмот, ниту пак зборувале против нашата божица.\n<sup>38</sup>Ако Димитри и занаетчиите што се со него имаат некаква тужба против овие луѓе, постојат судови и судии, па таму нека се судат.\n<sup>39</sup>Ако имате некои други поплаки, тие мора да бидат разрешени на легалното градско собрание.\n<sup>40</sup>Постои опасност Римјаните да нѐ обвинат дека креваме бунт. Нема никаква причина да создаваме вакви немири.“\n<sup>41</sup>Откако го рече ова, го распушти собирот и луѓето се разотидоа.\n= Глава 20 =\n58 2) Павле оди за Македонија и Ахаја (Грција)\n<sup>1</sup>Кога стивна вревата, Павле ги собра христијаните од Ефес и ги охрабри. Се збогува со нив и тргна за Македонија.\n<sup>2</sup>Патем, во сите градови низ кои поминуваше, со многу проповеди ги храбреше христијаните. Потоа замина за Грција.\n<sup>3</sup>Таму остана три месеци. Токму кога се подготвуваше да тргне на пловидба кон Сирија, дозна дека група Евреи коваат заговор против него. Затоа реши да се врати преку Македонија.\n<sup>4</sup>На тој пат го придружуваа: Сопатер, синот на Пир од Верија, Аристарх и Секунд, од Солун, Гај од Дерба, Тимотеј, како и Тихик и Трофим од областа Азија.\n<sup>5</sup>Тие отидоа пред нас и нѐ чекаа во Троада.\n<sup>6</sup>Откако заврши празникот на Бесквасните лебови, ние отпловивме од Филипи и по пет дена им се придруживме во Троада. Таму останавме седум дена.\n59 3) Павле за последен пат ја посетува Троада\n<sup>7</sup>Еден неделен ден бевме собрани на Причест, а Павле ги поучуваше насобраните, па ја одолжи проповедта сѐ до полноќ, зашто следниот ден се подготвуваше да замине.\n<sup>8</sup>Во горната соба, каде што бевме собрани, имаше многу ламби.\n<sup>9</sup>Едно момче, по име Евтих, седејќи покрај прозорецот, задрема, бидејќи Павле долго проповедаше. Сонот го совлада и Евтих падна од третиот кат. Кога го кренаа, беше мртов.\n<sup>10</sup>Павле слезе долу, се наведна над него, го гушна и рече: „Не грижете се, жив е!“\n<sup>11</sup>Потоа сите се вратија во горната соба, и заедно зедоа Причест. Павле продолжи да им проповеда сѐ до мугрите, кога си замина.\n<sup>12</sup>Во меѓувреме, момчето го одведоа дома живо и здраво, што беше големо олеснување за сите.\n<sup>13</sup>Павле реши да патува за Асос по копно. Ние, останатите, тргнавме со брод до Асос и се договоривме таму да го земеме со нас и Павле.\n<sup>14</sup>Се сретнавме во Асос, го зедовме со нас и отпловивме за Митилена.\n<sup>15</sup>Утредента пловевме покрај островот Киос, следниот ден поминавме покрај островот Самос, а по уште еден ден пловење, пристигнавме во Милет.\n<sup>16</sup>Павле беше решил да го заобиколи Ефес и да не се задржува во Азија, зашто брзаше, ако е можно, до празникот Духовден да пристигне во Ерусалим.\n60 4) Павле се простува со црковните старешини од Ефес\n<sup>17</sup>Од Милет испрати порака до старешините на црквата во Ефес и ги замоли да дојдат за да се сретнат со него.\n<sup>18</sup>Кога пристигнаа, Павле им рече: „Вие знаете како живеев, уште од првиот ден кога пристигнав во Азија, зашто цело време бев со вас.\n<sup>19</sup>Му служев на Господ со голема понизност, со солзи и маки низ кои морав да поминам поради заговорите што против мене ги коваа Евреите.\n<sup>20</sup>Сепак, не пропуштив да ви кажам сѐ што е полезно за вас, поучувајќи ве јавно или во вашите домови.\n<sup>21</sup>Имав иста порака и за Евреите и за неевреите: да се покаат, да се свртат кон Бог и да поверуваат во нашиот Господ Исус.\n<sup>22</sup>Сега Светиот Дух ме тера да одам во Ерусалим. Не знам што ме чека таму.\n<sup>23</sup>Знам само дека Светиот Дух ми има кажано оти во секој град ме чекаат затвори и страдања.\n<sup>24</sup>Но тоа не ме плаши. Мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната вест за Божјата милосрдна благонаклоност.\n<sup>25</sup>Сега знам дека никој од вас со кои живеев и ви проповедав за Божјото царство нема повеќе да ме види.\n<sup>26</sup>Затоа сакам јасно и гласно да ви кажам денес дека, ако некој од вас заврши во вечна смрт, јас за тоа не сум одговорен.\n<sup>27</sup>Не пропуштив ништо од Божјиот план за луѓето, туку во целост ви го објавив.\n<sup>28</sup>Внимавајте и на себе и на целото Божјо стадо во кое Светиот Дух ве поставил за надзорници. Бидете пастири на Божјата Црква која Тој ја откупи со сопствената крв.\n<sup>29</sup>Знам дека откако јас ќе си заминам, ќе ви доаѓаат лажни пастири кои како свирепи волци ќе ве напаѓаат и нема да го штедат стадото:\n<sup>30</sup>Од самите вас ќе произлезат луѓе што ќе ја изопачуваат вистината за да повлечат по себе дел од Христовите следбеници.\n<sup>31</sup>Затоа, бидете на штрек! Не заборавајте дека три години деноноќно, без престан, со солзи во очите, го советував секој од вас поединечно.\n<sup>32</sup>Сега ве предавам под Божјата грижа и поука од пораката за Неговата милосрдна благонаклоност кон вас. Таа порака има моќ да ве изградува и да ви даде наследство заедно со сите што Бог ги избра и посвети.\n<sup>33</sup>Од никого не барав пари или облеки.\n<sup>34</sup>Вие и самите знаете дека за моите потреби и за потребите на оние што ме придружуваа јас работев со сопствените раце.\n<sup>35</sup>На тој начин ви покажав како со вредно работење може да им се помогне на сиромашните. Не заборавајте што ни порача Самиот Господ Исус: >Поблагословен е тој што дава, отколку тој што добива.'“\n<sup>36</sup>Кога го рече ова, клекна на колена со нив и се молеше.\n<sup>37</sup>Сите заплакаа на глас, и збогувајќи се, го гушкаа и го бакнуваа.\n<sup>38</sup>Беа особено тажни поради тоа што им рече дека веќе нема да го видат. Потоа го испратија до бродот.\n= Глава 21 =\n61 5) Павле најавува враќање во Ерусалим\n<sup>1</sup>Откако во Милет се збогувавме со старешините на црквата од Ефес, испловивме накај островот Кос. Следниот ден стигнавме до Родос, а оттаму до Патара.\n<sup>2</sup>Најдовме брод што оди за сириската област Феникија, па се качивме и отпловивме.\n<sup>3</sup>Поминавме покрај Кипар, кој ни остана одлево, па продолживме да пловиме накај Сирија и пристигнавме во пристаништето Тир, каде што бродот требаше да го растовари товарот.\n<sup>4</sup>Слеговме од бродот, ги најдовме тамошните христијани и останавме со нив седум дена. Тие, поттикнати од Светиот Дух, го советуваа Павле да не оди во Ерусалим.\n<sup>5</sup>Кога завршија седумте дена, тргнавме да си одиме. Сите христијани: мажи, жени и деца, се собраа да нѐ испратат, па одеа со нас сѐ до излезот од градот, а на брегот клекнавме на колена и се помоливме.\n<sup>6</sup>Се збогувавме и се качивме на бродот, а тие се вратија во своите домови.\n<sup>7</sup>Заминувајќи од Тир, пристигнавме во пристаништето Птолемаида. Се поздравивме со тамошните христијани и останавме со нив еден ден.\n<sup>8</sup>Следниот ден отпатувавме и пристигнавме во Цезареа. Таму отидовме во домот на евангелизаторот Филип, еден од седумтемина што беа одбрани да им делат храна на сиромашните.\n<sup>9</sup>Тој имаше четири немажени ќерки, кои имаа дар на пророкување.\n<sup>10</sup>Во текот на нашиот повеќедневен престој во Цезареа, дојде еден човек од Јудеја по име Агав, кој исто така имаше дарба да пророкува.\n<sup>11</sup>Дојде кај нас, го зеде појасот на Павле, си ги врза рацете и нозете, па рече: „Вака вели Светиот Дух: >Сопственикот на овој појас ќе биде вака врзан од Евреите и ќе им биде предаден на Римјаните!'“\n<sup>12</sup>Кога го чувме тоа и ние, и христијаните од Цезареа, го молевме Павле да не оди во Ерусалим.\n<sup>13</sup>Но Павле ни одговори: „Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум подготвен не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим, за името на Господ Исус!“\n<sup>14</sup>Бидејќи не успеавме да го разубедиме, замолкнавме и си рековме: „Нека биде според волјата Господова!“\n62 6) Павле пристигнува во Ерусалим\n<sup>15</sup>После ова, се подготвивме и тргнавме кон Ерусалим.\n<sup>16</sup>Со нас патуваа и неколу христијани од Цезареа и нѐ одведоа на гости кај Мнасон, каде што останавме извесно време. Тој беше од Кипар и беше еден од најпрвите Христови следбеници.\n<sup>17</sup>Кога стигнавме во Ерусалим, тамошните христијани убаво нѐ пречекаа и се израдуваа.\n<sup>18</sup>Следниот ден Павле, заедно со нас, отиде да го посети апостолот Јаков. На средбата присуствуваа и сите старешини од црквата во Ерусалим.\n<sup>19</sup>Откако разменија поздрави, Павле подробно им раскажа што сѐ Бог направи преку него меѓу нееврејските народи, во текот на неговата мисија.\n<sup>20</sup>Кога го ислушаа, му благодарија на Бог. Потоа му рекоа на Павле: „Брате, ти гледаш колку илјадници Евреи станаа христијани и сите тие многу ревносно се придржуваат кон Мојсеевиот Закон.\n<sup>21</sup>Тие чуле дека ти си ги поучувал Евреите кои живеат меѓу нееврејските народи да го напуштат Мојсеевиот Закон, односно да не ги обрежуваат своите машки деца и да не се придржуваат до обичаите.\n<sup>22</sup>Што ќе правиме сега? Тие сигурно ќе разберат дека си дошол овде.\n<sup>23</sup>Затоа ние имаме предлог: меѓу нас има четворица мажи што се заветувале, па се подготвуваат да си ги избричат главите.\n<sup>24</sup>Оди со нив во храмот и придружи им се во церемонијата на очистување, плати им да си ги избричаат главите и сите ќе знаат дека она што го слушнале не е вистина, туку дека и самиот ти се придржуваш до еврејските закони.\n<sup>25</sup>Што се однесува до неевреите - христијани, сѐ што ние бараме од нив, веќе им го напишавме во писмо: да не јадат храна наменета како жртва на идоли, да не конзумираат крв, да не јадат месо од удавени животни и да се пазат од блуд.“\n<sup>26</sup>Павле се согласи и веќе следниот ден, заедно со тие луѓе, ја изврши церемонијата на очистување. Потоа влезе во храмот и го објави датумот кога нивниот завет ќе биде исполнет и кога за секој од нив ќе биде принесена жртва.\n63 Павле е уапсен во храмот\n<sup>27</sup>Токму кога седумте дена беа при крај, група Евреи од областа Азија го видоа Павле во храмот, го фатија, па потикнаа бунт кај народот,\n<sup>28</sup>викајќи: „Израелци! Помагајте! Овој е човекот кој секаде каде што оди, ги учи луѓето против нашиот народ, им кажува да не се придржуваат до еврејските верски закони и зборува против овој храм! Тој дури се осмели во храмот да доведе неевреи и така да го оскверни ова свето место!“\n<sup>29</sup>(Тие претходно го беа виделе во градот ефешанецот Трофим во друштво со Павле и мислеа дека тој го довел и во храмот.)\n<sup>30</sup>Целиот град се крена на нозе. Се насобра многу народ, го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот и веднаш зад него ги затворија портите.\n<sup>31</sup>Кога се готвеа да го убијат, до командирот на римскиот полк, стигна веста дека целиот Ерусалим е на нога!\n<sup>32</sup>Тој веднаш повика војници и помлади офицери, па со трчање отидоа кај толпата. Кога ги видоа полковникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.\n<sup>33</sup>Полковникот го уапси Павле и нареди да го врзат со двојни синџири. Потоа праша кој е овој човек и каков прекршок сторил.\n<sup>34</sup>Едни од толпата викаа едно, други друго, па полковникот не можеше ништо да разбере. Затоа нареди да го одведат Павле во тврдината каде што беше сместена војската.\n<sup>35</sup>Кога дојдоа до скалите, толпата се однесуваше толку насилнички, што војниците мораа да го кренат Павле и да го носат, за да го заштитат.\n<sup>36</sup>Толпата продолжи да оди по нив и да вика: „Убијте го!“\n64 Павле зборува пред толпата\n<sup>37</sup>Пред да влезат во воената тврдина, Павле му рече на полковникот: „Ако ми дозволите, јас би сакал да ви кажам нешто.“\n<Зар ти знаеш грчки?“ - му одговори полковникот изненадено.\n<sup>38</sup><Значи ти не си оној Египќанец што пред извесно време подигна бунт и поведе во пустината четири илјади убијци!“\n<sup>39</sup>Павле му одговори: „Јас сум Евреин од познатиот градот Тарс во областа Киликија. Сакам да ве замолам да ми дозволите да им се обратам на луѓето.“\n<sup>40</sup>Полковникот му дозволи и Павле застана на скалите. Им мавна со раката да замолкнат. Кога настана длабока тишина, тој им се обрати на нивниот, арамејски јазик:\n= Глава 22 =<sup>1</sup><Браќа и татковци! Ислушајте ја мојата одбрана што сега ќе ја изнесам пред вас.“\n<sup>2</sup>Кога слушнаа дека им се обраќа на нивниот, арамејски јазик, уште повеќе стивнаа, а Павле продолжи:\n<sup>3</sup><Јас сум Евреин. Роден сум во Тарс, град во областа Киликија, но пораснав и се школував овде, во Ерусалим. Учител ми беше познатиот Гамалиел. Крај неговите нозе научив строго да се придржувам кон правилата и обичаите на нашите предци. Станав ревносен за Бог, исто како што сте и вие денес.\n<sup>4</sup>Ги прогонував христијаните до смрт. Ги врзував и ги носев в затвор, без разлика дали беа мажи или жени.\n<sup>5</sup>Ова можат да го потврдат првосвештеникот и сите старешини. Од нив добив писма за нашите браќа Евреи во Дамаск, со кои ме овластија да одам во Дамаск и да ги апсам тамошните христијани, а потоа, оковани во пранги да ги доведам во Ерусалим за да бидат казнети.\n== Павле раскажува за своето обраќање\n(Дела 9:1-19; 26:12-18) ==\n<sup>6</sup>Додека се приближував до Дамаск, некаде околу пладне, околу мене ненадејно блесна силна светлина од небото.\n<sup>7</sup>Паднав наземи и чув глас како ми се обраќа: >Сауле, Сауле, зошто Ме прогонуваш!?'\n<sup>8</sup>>Кој сте Вие, господине?' - прашав јас.\n>Јас сум Исус од Назарет - Оној што Го прогонуваш!'\n<sup>9</sup>И оние што беа со мене ја виделе светлината, но гласот што ми проговори не го чуле.\n<sup>10</sup>Тогаш реков: >Кажи ми што да правам, Господе?'\n>Стани, оди во Дамаск и таму ќе ти биде кажано сѐ што треба да правиш!' - ми одговори Господ.\n<sup>11</sup>Потоа оние што беа со мене ме водеа до Дамаск, зашто јас бев заслепен од јачината на таа светлина и воопшто не можев да гледам.\n<sup>12</sup>Во Дамаск имаше еден човек по име Ананиј. Тој беше побожен човек што се придржуваше до Божјиот закон и уживаше голем углед кај сите Евреи од тој крај.\n<sup>13</sup>Тој дојде кај мене, ми пристапи и ми рече: >Брате Саул, нека ти се врати видот!' Истиот миг видот ми се врати и можев да го видам Ананиј.\n<sup>14</sup>Потоа тој ми рече: >Богот на нашите прадедовци те одбра да се запознаеш со Неговата намера, да го видиш Праведникот и да го слушнеш повикот од Неговата уста.\n<sup>15</sup>Отсега ти ќе им проповедаш за Него на сите луѓе, ќе им кажуваш за она што си го видел и слушнал.\n<sup>16</sup>Што чекаш сега? Стани, крсти се и повикај Го Господ да ти ги измие гревовите!'\n<sup>17</sup>Кога се вратив во Ерусалим, еден ден отидов во храмот за да се молам.\n<sup>18</sup>Во видение Го видов Исус, Кој ми рече: >Напушти го Ерусалим, што поскоро, зашто тие нема да веруваат кога ќе им сведочиш за Мене!'\n<sup>19</sup>А јас Му реков: >Господе, зошто да не ми веруваат кога знаат дека јас ги затворав и ги тепав по синагогите оние што веруваа во Тебе!?\n<sup>20</sup>А кога го каменуваа Твојот сведок Стефан, и јас бев таму. Го одобрував убиството и им ги чував облеките на неговите убијци!'\n<sup>21</sup>Но Господ ми рече: >Ти наредувам да го напуштиш Ерусалим, зашто Јас те праќам далеку, меѓу нееврејските народи!'“\n<sup>22</sup>Сѐ до овој миг тие го слушаа, но кога го слушнаа последново, почнаа да викаат: „Истребете го овој човек од лицето на земјата! Тој не заслужува да живее!“\n<sup>23</sup>Викаа, мафтаа со своите наметки и фрлаа прав во воздухот.\n65 Павле открива дека е римски граѓанин\n<sup>24</sup>Полковникот им нареди на војниците да го внесат Павле во тврдината и да го камшикуваат, за да признае какво злосторство извршил. Сакаше да дознае зошто народот толку гневно вика против него.\n<sup>25</sup>Кога го врзаа за да го камшикуваат, Павле го прашаа помладиот офицер што стоеше покрај него: „Зар смеете да камшкувате римски граѓанин, кој за ништо не е осуден!?“\n<sup>26</sup>Тогаш помладиот офицер му пријде на полковникот и му рече: „Што ќе правиме сега? Овој човек е римски граѓанин!“\n<sup>27</sup>Полковникот отиде кај Павле и го праша: „Вистина ли е дека си римски граѓанин?“\n<Да!“ - му одговори Павле.\n<sup>28</sup>Полковникот му рече: „И јас сум римски граѓанин; за тоа платив голема сума пари!“ Во одговор Павле му рече: „Јас сум римски граѓанин по раѓање!“\n<sup>29</sup>Војниците што требаше да го сослушуваат Павле веднаш се повлекоа, а се повлече и полковникот, исплашен што нареди римски граѓанин да биде врзан и камшикуван.\n66 Павле пред собранието\n<sup>30</sup>Следниот ден, сакајќи да дознае за што ќе го обвинат Евреите полковникот го ослободи Павле од прангите и нареди да се соберат првосвештениците и сите членови на еврејското собрание, па го доведе Павле и им го предаде на сослушување.\n= Глава 23 =<sup>1</sup>Со вперен поглед кон членовите на собранието, Павле им рече: „Браќа, мојата совест пред Бога е чиста!“\n<sup>2</sup>Тогаш првосвештеникот Ананиј им нареди на оние што стоеја покрај Павле да го удрат по устата.\n<sup>3</sup>Павле му одговори: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан! Си седнал да ме судиш според законот, а наредуваш да ме удираат, спротивно на законот!“\n<sup>4</sup>Оние што стоеја до Павле рекоа: „Како се осмелуваш да го навредуваш Божјиот првосвештеник!?“\n<sup>5</sup>Тогаш Павле им се извини: „Не знаев браќа, дека тој е првосвешник, зашто во Светото писмо пишува: >Не зборувај лошо за водачот на својот сопствен народ!'“\n<sup>6</sup>Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи, а дел се фарисеи, гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј! Сите мои предци биле фарисеи! Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскреснување од мртвите!“\n<sup>7</sup>Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба.\n<sup>8</sup>Садукеите тврдеа дека нема ни воскреснување, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова.\n<sup>9</sup>Настана голема викотница. Неколку вероучителите од фарисеите станаа и почнаа жестоко да се препираат со садукеите, велејќи: „Не гледаме ништо лошо кај овој човек! Што ако навистина му се јавил дух или ангел и му зборувал!?“\n<sup>10</sup>Расправијата стануваше сѐ пожестока, па полковникот се исплаши дека ќе го растргнат Павле на парчиња. Затоа нареди војниците да го тргнат оттаму и да го вратат во воената тврдина.\n<sup>11</sup>Таа ноќ Господ му се појави на Павле и му рече: „Држи се храбро, зашто за Мене ќе треба да проповедаш и во Рим, онака како што сведочеше овде во Ерусалим!“\n67 Заговор против Павле\n<sup>12</sup>Кога се раздени, група Евреи сковаа заговор. Се заколнаа дека нема ни да јадат, ни да пијат, сѐ додека не го убијат Павле.\n<sup>13</sup>Во заговорот зедоа учество повеќе од четириесет мажи.\n<sup>14</sup>Тие отидоа кај првосвештеникот и старешините, па им рекоа: „Ние се заколнавме ништо да не ставаме в уста, сѐ додека не го убиеме Павле.\n<sup>15</sup>Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, како божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да стаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“\n<sup>16</sup>Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле.\n<sup>17</sup>Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот. Има нешто важно да му пренесе.“\n<sup>18</sup>Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“\n<sup>19</sup>Полковникот го фати за рака момчето, го одведе на страна и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“\n<sup>20</sup>Момчето му рече: „Евреите се договорија да ве замолат утре да го доведете Павле во собранието, како божем имаат намера поподробно да го испрашаат.\n<sup>21</sup>Немојте да ги послушате, зашто повеќе од четириесетмина Евреи му поставија заседа за да го убијат! Се заколнале дека нема да јадат и пијат, сѐ додека не го убијат. Веќе демнат во заседа и чекаат само вие да го одобрите нивното барање.“\n<sup>22</sup>Полковникот го пушти момчето, наредувајќи му на никого да не кажува дека го известил за заговорот.\n68 Павле е испратен кај гувернерот Феликс\n<sup>23</sup>Потоа полковникот викна двајца од своите офицери и им рече: „Одберете двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, и наредете им да се подготват вечерва во девет часот да заминат за Цезареа.\n<sup>24</sup>Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“\n<sup>25</sup>Потоа напиша писмо за гувернерот, со следнава содржина:\n<sup>26</sup><Од Клаудие Лисија,\nдо почитуваниот,\nгувернер Феликс.\nВе поздравувам!\n<sup>27</sup>Ви испраќам еден човек кого Евреите го беа фатиле и се подготвуваа да го убијат. Кога дознав дека е римски граѓанин јас отидов со војска и го ослободив.\n<sup>28</sup>Сакајќи да дознаам за што го обвинуваат Евреите, го изведов пред нивното собрание.\n<sup>29</sup>Така дознав дека го обвинуваат за работи од нивниот верски закон, но не беше виновен за нешто што заслужува смртна казна, или затвор.\n<sup>30</sup>Откако ми беше јавено дека против овој човек се подготвува заговор, со закана да го убијат, веднаш го испраќам кај Вас, а ги известив и оние што имаат обвинение против него да дојдат кај Вас, и таму да ги изнесат своите обвиненија.“\n<sup>31</sup>Уште истата ноќ, војниците го одведоа Павле до Антипатрида, како што им беше наредено.\n<sup>32</sup>Следниот ден, пешаците се вратија во воената тврдина, а коњаниците го одведоа кон Цезареа.\n<sup>33</sup>Кога пристигнаа во Цезареа, му ги предадоа писмото и Павле на гувернерот Феликс.\n<sup>34</sup>Гувернерот го прочита писмото и го праша Павле од која област потекнува, па кога дозна дека е од Киликија\n<sup>35</sup>му рече: „Ќе те сослушам кога ќе пристигнат и твоите обвинители.“ Потоа нареди да го одведат и да го чуваат под стража во Иродовата палата.\n= Глава 24 =\n69 Павле на суд пред Феликс\n<sup>1</sup>По пет дена дојде првосвештеникот Ананиј со неколку старешини и со еден адвокат по име Тертул, кој го изнесе пред гувернерот обвинението против Павле.\n<sup>2</sup>Го повикаа Павле и Тертул почна да го изнесува обвинението:\n<Почитуван гувернеру! Под Вашето владеење ние, Евреите живееме во мир и спокојство. Вашата далекувидост доведе до многу реформи за овој народ.\n<sup>3</sup>За тоа секогаш и секаде Ви оддаваме признание, честити Феликсе, со голема благодарност.\n<sup>4</sup>Но сега, за да не го трошам напразно Вашето време, Ве молам, знаејќи ја Вашата љубезност, накратко да ме сослушате.\n<sup>5</sup>Ние утврдивме дека овој човек е вистинска напаст, кој предизвикува препирки меѓу Евреите по целиот свет! Тој е челник на назаретската секта.\n<sup>6</sup>Се обиде дури и храмот да го оскверни, но ние го уапсивме.<sup>8</sup>Сега Вие можете да го сослушате и да дознаете за што го обвинуваме.“\n<sup>9</sup>И другите Евреи го потврдуваа тоа што го зборуваше Тертул.\n70 Одбраната на Павле пред Феликс\n<sup>10</sup>Гувернерот му даде знак на Павле дека може да зборува. Павле рече:\n<Знам господине дека Вие веќе долго време ни служите како судија на нашиот еврејски народ и добро ги познавате работите за кои сум обвинет, затоа јас со голема доверба во вас ќе ја изложам својата одбрана.\n<sup>11</sup>Лесно ќе дознаете дека јас во Ерусалим пристигнав на поклонение во храмот пред дванаесетина дена.\n<sup>12</sup>Ниту во храмот ме затекнале со некого да се расправам, ниту во синагогите, ниту пак во градот сум го подбуцнувал народот на бунт.\n<sup>13</sup>Тие не можат да го докажат она за што ме обвинуваат.\n<sup>14</sup>Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта и на тој начин Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во сѐ што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.\n<sup>15</sup>И јас, како и тие верувам во Бог и верувам дека Тој ќе ги воскресне мртвите, како праведните, така и неправедните.\n<sup>16</sup>Заради тоа правам сѐ што знам и умеам, та мојата совест пред Бог и пред луѓето секогаш да биде чиста.\n<sup>17</sup>По повеќе години отсуство се вратив во Ерусалим, носејќи со себе доброволни прилози, за да му помогнам на мојот народ и да Му принесам жртви на Бог.\n<sup>18</sup>Овие што ме обвинуваат ме видоа во храмот кога веќе го бев завршил церемонијалното очистување. Околу мене ниту имаше насобрано луѓе, ниту имаше некаков бунт.\n<sup>19</sup>Имаше само неколку Евреи дојдени од областа Азија, кои требаше да бидат присутни, и ако имале нешто против мене, овде пред Вас тоа да го изнесат.\n<sup>20</sup>Нека кажат овие што дојдоа да ме обвинат, какво злосторство најдоа во мене кога ме изведоа пред еврејското народно собрание,\n<sup>21</sup>освен тоа што гласно изјавив: >Денеска овде мене ми се суди затоа што верувам во воскресение на мртвите!'“\n<sup>22</sup>Тогаш Феликс, кој добро го познаваше Хриството учење, го одложи сослушувањето, со вакво образложение: „Ќе почекаме полковникот Лисија да дојде овде. Тогаш ќе пресудам во врска со вашиот случај.“\n<sup>23</sup>Потоа му нареди на офицерот да го задржат Павле во притвор, но да му дадат извесна слобода и да не спречуваат никој од неговите блиски да го посетува и да му помага.\n71 Павле пред Феликс и Друсила\n<sup>24</sup>По неколку дена, дојде Феликс со својата жена Друсила, која беше Еврејка. Го повикаа Павле да им зборува за верата во Исус Христос.\n<sup>25</sup>Додека тој зборуваше за праведноста, за обуздување на телесните страсти и за Божјиот суд што претстои, Феликс се исплаши и му рече: „Оди си сега! Кога ќе имам време, пак ќе те викнам.“\n<sup>26</sup>феликс всушност се надеваше дека од Павле ќе добие мито и затоа честопати го викаше и разговараше со него.\n<sup>27</sup>Така поминаа цели две години. Тогаш на местото на Феликс дојде Порцие Фест. Сакајќи да им угоди на Евреите, Феликс го остави Павле в затвор.\n= Глава 25 =\n72 Судската постапка пред Фест\n<sup>1</sup>Три дена по преземањето на власта во покраината, Фест отпатува од Цезареа за Ерусалим.\n<sup>2</sup>Таму првосвештениците и еврејските челници му го изнесоа своето обвинение против Павле, па го молеа\n<sup>3</sup>да им направи услуга и да го префрли Павле во Ерусалим, а всушност коваа заговор патем да го убијат.\n<sup>4</sup>Но Фест им одговори дека Павле ќе биде задржан во Цезареа, каде што и тој самиот има намера набргу да се врати,\n<sup>5</sup>па ако тие имаат нешто против Павле, нека дојдат со Фест неколку поистакнати луѓе кои ќе покренат обвинение против него.\n<sup>6</sup>По осум до десет дена, Фест се врати во Цезареа. Следниот ден седна во судот и нареди да го доведат Павле.\n<sup>7</sup>Околу него се насобраа Евреите кои беа дошле од Ерусалим и изнесоа многу тешки обвиненија против Павле, но не можеа да ги докажат.\n<sup>8</sup>Павле, бранејќи се, рече: „Јас не сум згрешил ни против еврејскиот закон, ни против храмот, ниту против императорот!“\n<sup>9</sup>Фест, сакајќи да им угоди на Евреите, му рече на Павле: „Дали сакаш да одиме во Ерусалим и таму да ти судам во врска со ова?“\n<sup>10</sup>Павле рече: „Не! Ова е суд на римската империја и овде треба да ми биде судено. На Евреите ништо лошо не сум им сторил, како што и самиот знаете.\n<sup>11</sup>Ако сум навистина виновен, ако сум направил нешто што заслужува смртна казна, јас не се противам таа и да се изврши. Но ако обвинувањата против мене се неосновани, никој нема право да ме предаде на овие луѓе да ме убијат! Сакам да се жалам пред императорот!“\n<sup>12</sup>Тогаш Фест, се посоветува со судскиот совет и му одговори: „Добро, штом сакаш да се жалиш пред императорот, ќе те пратам кај императорот!“\n73 Фест и Агрипа за случајот „Павле“\n<sup>13</sup>По неколку дена, во Цезареа дојдоа царот Агрипа и неговата сестра Берника, за да му честитаат на Фест, кој неодамна стана нов гувернер.\n<sup>14</sup>Во текот на нивниот неколкудневен престој, Фест му го изложи на царот случајот на Павле, велејќи: „Имам еден неосуден затвореник, останат уште од времето на Феликс.\n<sup>15</sup>Кога бев во Ерусалим, еврејските првосвештеници и старешини го обвинија пред мене и побараа да го осудам.\n<sup>16</sup>Се разбира, јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да ги осудуваат обвинетите, без да им дадат можност да се соочат со обвинителите и да ја изложат својата одбрана.\n<sup>17</sup>Затоа тие дојдоа овде и јас без одлагање, веќе следниот ден, седнав во судот и наредив да го доведат човекот.\n<sup>18</sup>Кога обвинителите станаа да зборуваат, обвиненијата што ги изнесоа воопшто не беа толку страшни колку што јас очекував.\n<sup>19</sup>Се препираа околу нивната вера, за некојси Исус, Кој умрел, а за Кого Павле тврдеше дека е жив.\n<sup>20</sup>Јас не бев сигурен како да ја водам истрагата, па го прашав Павле дали би сакал да му биде судено во Ерусалим.\n<sup>21</sup>Но Павле се повика на правото да се жали пред императорот и јас наредив да остане под стража, сѐ додека не извршам подготовки да го испратам кај императорот.“\n<sup>22</sup>Агрипа му рече на Фест: „И јас би сакал да го сослушам тој човек!“\n<Утре ќе го сослушате!“ - му рече Фест.\n<sup>23</sup>И така, утредента дојдоа Агрипа и Бернис со голема помпезност и влегоа во судската сала, придружувани од офицери и угледни личности од градот. Потоа Фест нареди да го доведат Павле.\n<sup>24</sup>Фест рече: „Царе Агрипа и сите што сте овде со нас. Пред вас е човекот за кого целата еврејска заедница, и овде и во Ерусалим, бара да биде лишен од живот.\n<sup>25</sup>Јас утврдив дека тој не направил никаков престап што би заслужувал смртна казна, но тој побара да биде испратен кај императорот и јас го одобрив тоа.\n<sup>26</sup>Но јас не знам што да му напишам на нашиот владетел! Затоа го изведов пред сите Вас, а особено пред вас, царе Агрипа, за да го сослушаме па да знам што да напишам,\n<sup>27</sup>зашто ми се чини дека е бесмислено кај императорот да испратам затвореник, а да не ги изложам и обвиненијата против него!“\n= Глава 26 =\n74 Павловата одбрана пред Агрипа\n<sup>1</sup>Потоа Агрипа му рече на Павле: „Можеш да почнеш да ја изложуваш својата одбрана.“\nТогаш Павле ја испружи раката во знак на поздрав, и ја започна својата одбрана:\n<sup>2</sup><Царе Агрипа, имам голема среќа што можам пред Вас да ја изнесам мојата одбрана во врска со сѐ она за што ме обвинуваат Евреите,\n<sup>3</sup>зашто вие сте добар познавач на еврејските обичаи и несогласици. Затоа ве молам внимателно да ме ислушате.\n<sup>4</sup>Сите Евреи знаат каков беше мојот живот уште од млади денови, кога живеев во Ерусалим, меѓу мојот народ.\n<sup>5</sup>Ме познаваат веќе долго време и ако сакаат можат да потврдат дека јас бев фарисеј, што значи дека живеев според најстрогите прописи на нашата вера.\n<sup>6</sup>Сега сум изведен суд, затоа што верувам дека Бог ќе го исполни она што им го вети на нашите прататковци.\n<sup>7</sup>А сите дванаесет еврејски племиња ревносно му се поклонуваат на Бог ден и ноќ, очекувајќи го исполнувањето на истата вера! Заради таа моја вера, царе, јас денеска сум обвинет од Евреите.\n<sup>8</sup>Зошто вам ви се чини неверојатно дека Бог ќе ги воскресне мртвите!?\n<sup>9</sup>Порано и јас верував дека треба со сите свои сили да им се противставам на следбениците на Исус од Назарет.\n<sup>10</sup>Така и правев. Имав добиено овластување од првосвештениците, па многу христијани од Ерусалим одведов в затвор. Кога им се судеше и кога беа осудувани на смрт и јас гласав против нив.\n<sup>11</sup>Ги казнував по сите синагоги и со примена на сила се обидував да ги натерам да Го навредуваат Христос. Толку луто бев против нив, што ги прогонував дури и во далечни градови, надвор од нашата земја!\n== Павле зборува за своето обраќање во христијанството\n(Дела 9:1-19; 22:6-16) ==\n<sup>12</sup>При еден таков потфат тргнав за Дамаск со овластување и налог од првосвештениците.\n<sup>13</sup>Додека патував, Ваше Величество, среде бел ден видов светлина посилна од сончевата што блесна во мене и моите придружници.\n<sup>14</sup>Сите паднавме наземи! Тогаш јас слушнав глас, кој на еврејски јазик ми рече: >Сауле, Сауле, зошто Ме прогонуваш!? Лошо ќе поминеш ако клоцаш против остен!'\n<sup>15</sup>>Кој сте Вие господине?' - прашав, а Господ ми одговори: >Јас сум Исус -Оној што ти Го прогонуваш!\n<sup>16</sup>Стани, исправи се на нозе! Јас ти се појавив за да те назначам за Свој службеник и сведок: да им го кажуваш на луѓето ова што го виде и она што допрва ќе ти го откријам.\n<sup>17</sup>А јас ќе те заштитувам од твојот народ и од другите народи кај кои те испраќам\n<sup>18</sup>за да им ги отвориш очите, па да се обратат од темнина кон светлина, од власта на сатаната кон Бог. Така ќе добијат простување за своите гревови и наследство заедно со сите други што станаа Божји народ, одбрани преку вера во Мене.'\n75 Павле зборува за своето делување\n<sup>19</sup>Така, царе Агрипа, јас не откажав послушност спрема ова видение што ми дојде од небото.\n<sup>20</sup>Почнав да им проповедам, најпрво на Евреите во Дамаск, а потоа во Ерусалим и во сите области на Јудеја. Потоа продолжив да им проповедам и на нееврејските народи, да им објаснувам дека треба да се покаат и да се свртат кон Бог, и со своето поведение на дело да потврдат дека навистина се покајале.\n<sup>21</sup>Заради ова, додека бев во храмот, група Евреи ме фатија и се обидоа да ме убијат.\n<sup>22</sup>Но сѐ до денешен ден Бог ми беше напомош и еве стојам овде и им сведочам на сите, на обични луѓе и на моќници. Не проповедам ништо различно од она што е веќе претскажано од пророците и од Мојсеј:\n<sup>23</sup>дека Месијата требаше да пострада и дека како првовоскреснат од мртвите Тој им ја покажа светлината и на Евреите и на сите други народи.“\n<sup>24</sup>Ненадејно Фест стана и почна да вика: „Си споулавел, Павле! Си се мрднал од многу учење!“\n<sup>25</sup><Не сум споулавел, честити Фесте!“ - рече Павле. „Тоа што го зборувам е разумно и вистинито!\n<sup>26</sup>Царот Агрипа добро ги познава овие работи и затоа јас толку слободно зборувам пред него. Уверен сум дека ништо од сево ова не му е непознато, бидејќи ова не се одигруваше во некој зафрлен агол!\n<sup>27</sup>Верувате ли, царе Агрипа, во она што го пишале пророците? Знам дека верувате!“\n<sup>28</sup>Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедеше да станам христијанин!“\n<sup>29</sup>На тоа Павле му рече: „Му се молам на Бог, за малку или за многу не само Вие, туку и сите што денес ме слушате да станете такви луѓе каков што сум јас, но без окови!“\n<sup>30</sup>Тогаш царот, гувернерот, Берника и сите што седеа со нив станаа,\n<sup>31</sup>и на заминување си рекоа меѓу себе: „Овој човек нема направено ништо што би заслужувало смртна казна или затвор!“\n<sup>32</sup>А Агрипа му рече на Фест: „Ако овој човек не беше побарал да оди кај императорот, можеше веднаш да биде ослободен!“\n= Глава 27 =\n== ПАВЛЕ ОТПЛОВУВА КОН РИМ\n1) од Цезареа до Крит ==\n<sup>1</sup>Кога беше решено да нѐ носат за Италија, Павле и неколку други затвореници, му беа предадени на еден офицер од Августовиот полк по име Јулиус.\n<sup>2</sup>Се качивме на еден брод, чие матично пристаниште беше Адрамитија. Тој се подготвуваше да плови покрај местата од брегот на Азија што ни беа попат. Со нас беше и Аристарх, Македонец од Солун.\n<sup>3</sup>Следниот ден пристигнавме во Сидон. Римскиот офицер Јулиус беше многу љубезен со Павле и му дозволи да отиде кај неговите пријатели, за да го снабдат со сѐ што му е потребно.\n<sup>4</sup>Откако отпловивме оттаму, скршнавме накај Кипар, зашто ветровите не ни дозволуваа да продолжиме во планираната насока.\n<sup>5</sup>Поминавме покрај бреговите на покраините Киликија и Памфилија, па дојдовме до местото Мира во покраината Ликија.\n<sup>6</sup>Таму офицерот најде еден египетски брод од Александрија што требаше да плови за Италија и нѐ префрли на него.\n<sup>7</sup>Долго време пловевме бавно и тешко и одвај дојдовме до брегот на Книд. Ветрот не ни дозволуваше да впловиме во Книд, па отпловивме на спротивната страна од островот Крит, заобиколувајќи го 'ртот Салмона.\n<sup>8</sup>Со голема мака го заобиколивме и дојдовме до местото наречено Добри Пристаништа, близу до градот Ласеа.\n<sup>9</sup>Изгубивме многу време и веќе не беше безбедно да се плови, зашто веќе беше поминал и Големиот есенски пост, па Павле ги советуваше надлежните на бродот:\n<sup>10</sup><Луѓе, гледам дека пловидбата тешко ќе оди и ќе има големи опасности, не само за товарот и бродот, туку и за нашите животи.“\n<sup>11</sup>Меѓутоа офицерот повеќе им веруваше на кормиларот и на сопственикот на бродот, отколку на она што го рече Павле.\n<sup>12</sup>Пристаништето >Добри Пристаништа' не беше погодно за презимување, па мнозинството реши да отпловиме оттаму и да се обидеме да допловиме до Феникс, па да презимиме во тоа критско пристаниште, свртено и кон југозапад и кон северозапад.\n76 2) Бура помеѓу Крит и Малта\n<sup>13</sup>Кога дувна тивок јужен ветер, морнарите мислеа дека условите се поволни, па дигнаа котва и запловија покрај брегот на Крит.\n<sup>14</sup>Но по кратко време, дувна против нас ветер со ураганска сила, наречен Североисточник.\n<sup>15</sup>Зафатени од ветрот и не можејќи да пловиме наспроти него, кренавме раце и се препуштивме ветрот да нѐ носи.\n<sup>16</sup>Кога поминавме во заветрината на едно островче наречено Кауда, одвај успеавме да го зачуваме чамецот за спасување, кој беше трескан од брановите.\n<sup>17</sup>Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот. Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.\n<sup>18</sup>Следниот ден бурата толку силно нѐ фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море.\n<sup>19</sup>На третиот ден, ја исфрлија и опремата на бродот, а и сѐ што им дојде под раце.\n<sup>20</sup>Веќе долго време не се појавуваа ни сонцето, ниту ѕвездите, а бурата продолжуваше да беснее, така што конечно изгубивме секаква надеж дека ќе се спасиме.\n<sup>21</sup>Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа. Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит. Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби.\n<sup>22</sup>Сега ве советувам да се држите храбро, зашто никој од вас нема да загине. Ќе биде уништен само бродот.\n<sup>23</sup>Минатата ноќ застана покрај мене ангел пратен од Богот, на Кој јас Му припаѓам и служам,\n<sup>24</sup>и ми рече: >Не плаши се, Павле! Ти сигурно ќе стигнеш до императорот, а заради тебе, Бог ќе им ги поштеди и животите на сите што пловат со тебе.'\n<sup>25</sup>Затоа, луѓе, разведрете се! Јас верувам дека тоа што Бог ми го кажа ќе се оствари.\n<sup>26</sup>Ќе бидеме исфрлени на некој остров, но бродот ќе биде уништен.“\n<sup>27</sup>Кога дојде четиринаесеттата ноќ откако бурата нѐ фрлаше наваму-натаму низ Адрианското море, некаде околу полноќ, морнарите забележаа дека се приближуваме до некое копно.\n<sup>28</sup>Ја измерија длабочината и утврдија дека изнесува околу триесет и седум метри. Пловеа уште малку, па пак ја измерија длабочината која сега изнесуваше само дваесет и седум метри.\n<sup>29</sup>Плашејќи се да не удриме во подводни карпи, тие фрлија четири котви на задниот дел на бродот и со трепет чекаа да осамне.\n<sup>30</sup>Тогаш морнарите се обидоа да побегнат од бродот. Почнаа да го спуштат чамецот за спасување, под изговор дека од предницата на бродот ќе спуштаат котви.\n<sup>31</sup>Но Павле им рече на офицерот и на војниците: „Ако морнарите не останат на бродот, нема ни вие да се спасите!“\n<sup>32</sup>Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на кои висеше чамецот за спасување и го пуштија да падне и да отплови.\n<sup>33</sup>Пред да осамне, Павле ги молеше сите да јадат, велејќи им: „Денес е веќе четиринаесетти ден како гладувате. Ништо не сте ставиле в уста.\n<sup>34</sup>Ве молам, каснете нешто. Тоа ќе ви помогне да се спасите. На никого од вас ниту влакно од главата нема да му недостасува.“\n<sup>35</sup>Кога им го кажа ова, самиот зеде леб, Му заблагодари на Бог пред сите, и почна да си крши леб и да јаде.\n<sup>36</sup>Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат.\n<sup>37</sup>На бродот имаше двесте седумдесет и шест души.\n<sup>38</sup>Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.\n77 3) Бродолом со среќен крај\n<sup>39</sup>Кога се раздени, морнарите видоа копно, но не можеа да препознаат за која земја се работи. Забележаа залив со достапен брег и решија да се обидат со бродот да пријдат кон брегот.\n<sup>40</sup>Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето. Ги разлабавија јажињата на кормилата, го кренаа предното едро спроти ветрот и се упатија накај брегот.\n<sup>41</sup>Но бродот удри во гребен меѓу две морски струи и предницата на бродот се заринка, па не можеше да се помрдне, а задниот дел почна да напукува од ударите на брановите.\n<sup>42</sup>Војниците имаа намера да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне,\n<sup>43</sup>но офицерот ги спречи, сакајќи да го поштеди Павле. Тој нареди оние што знаат да пливаат први да скокнат од бродот и да пливаат накај копното,\n<sup>44</sup>а другите да се спасуваат на даски и на други остатоци од бродот. Така сите се спасија и стигнаа на копно.\n= Глава 28 =\n78 4) Три месеци на Малта\n<sup>1</sup>Откако се спасивме, дознавме дека се наоѓаме на островот Малта.\n<sup>2</sup>Островјаните беа мошне љубезни спрема нас. Бидејќи врнеше дожд и беше студено, тие запалија оган и сите нѐ прибраа.\n<sup>3</sup>Павле собра еден куп гранки и ги ставаше врз огнот, кога една змија гонета од огнот излезе од гранките и му се впи во раката.\n<sup>4</sup>Кога островјаните ја видоа змијата како виси на неговата рака, си проговорија меѓу себе: „Овој човек мора да е убиец! Се спаси од морето, но правдата не го остава да живее!“\n<sup>5</sup>Но Павле ја истресе змијата во огнот и немаше никакви последици по неговото здравје.\n<sup>6</sup>Луѓето очекуваа Павле да отече или веднаш да падне мртов, но откако подолго време гледаа и чекаа, а со него ништо не се случи, си го сменија мислењето и си говореа дека тој човек е бог!\n<sup>7</sup>Во близината на тоа место имаше имот што му припаѓаше на Пубилиус, поглаварот на островот. Тој, најљубезно нѐ прими и три дена нѐ гоштеваше.\n<sup>8</sup>Таткото на Пубилиус лежеше в постела, зашто имаше треска и страдаше од дизентерија. Павле му пријде, се помоли за него, ги положи рацете врз него и го исцели.\n<sup>9</sup>По тој настан и други луѓе од островот што беа болни доаѓаа кај Павле и тој ги исцелуваше.\n<sup>10</sup>Заради ова, островјаните ни искажаа многу почести, а кога повторно испловивме, ни дадоа сѐ што ние беше потребно за пловидбата.\n79 5) Од Малта до Рим\n<sup>11</sup>По три месеци се качивме на еден брод од Александрија, што го носеше знакот на римските богови - близнаци и ја беше минал зимата на Малта.\n<sup>12</sup>Стигнавме во Сиракуза и таму останавме три дена.\n<sup>13</sup>Оттаму, пловејќи покрај брегот, стигнавме во Регија. Утредента дувна јужен ветер, па по два дена стигнавме во Путеоли.\n<sup>14</sup>Таму најдовме неколку христијани, кои нѐ поканија да останеме кај нив седум дена. Потоа продолживме кон Рим.\n<sup>15</sup>Тамошните христијани, откако слушнале за нас, дојдоа да нѐ пресретнат уште кај Форумот на Апиус, а други ни се придружија кај Трите Крчми. Кога Павле ги виде, Му заблагодари на Бог и се охрабри.\n80 Павле пристигнува во Рим\n<sup>16</sup>Сега, кога веќе беше во Рим, на Павле му беше дозволено да живее каде што сака, чуван од само еден војник.\n81 6) Средба со римските Евреи\n<sup>17</sup>По три дена, Павле ги повика водачите на тамошните Евреи, и им рече: „Јас, браќа, иако не сум направил ништо што би било на штета на нашиот народ или на обичаите на нашите предци, бев уапсен од Евреи во Ерусалим и предаден на римската власт.\n<sup>18</sup>Римјаните, откако ме сослушаа, сакаа да ме ослободат, бидејќи не најдоа никаква вина што би заслужувала смртна казна,\n<sup>19</sup>но кога Евреите се противставија на тоа, иако не можеа против мене да изнесат никакво обвинение, јас бев присилен да барам заштита од императорот.\n<sup>20</sup>Затоа ве викнав, за да се запознаам со вас и да ви објаснам дека јас ги носам овие окови поради тоа што верувам оти она на што се надеваше Израел - Месијата, веќе дојде.“\n<sup>21</sup>Тие му одговорија: „Ние ниту сме добиле писмо во врска со тебе од Јудеја, ниту пак некој наш брат дошол да ни каже нешто лошо за тебе.\n<sup>22</sup>Сакаме од тебе да слушнеме што мислиш ти за христијанството, зашто слушаме дека насекаде се зборува против него.“\n<sup>23</sup>Определија ден и многумина дојдоа во неговата изнајмена куќа, а тој од утро до мрак им објаснуваше и им говореше за Божјото царство, ги уверуваше за Исус, читајќи им од Мојсеевите книги и од книгите на пророците.\n<sup>24</sup>Некои се убедија од она што беше кажано, а некои не поверуваа.\n<sup>25</sup>Се појавија несогласувања, па почнаа да си заминуваат, а Павле им рече: „Во право беше Светиот Дух кога преку пророкот Исаија за вашите предци рече:\n<sup>26</sup>>Оди кај овој народ и речи им:\nЌе го слушате Моето Слово,\nно нема да го разберете;\nќе ги гледате Моите дела,\nно нема да ги разберете,\n<sup>27</sup>зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени!\nСо ушите одвај слушаат,\nа очите си ги затвораат!\nНе сакаат да видат,\nда слушнат,\nда разберат,\nпа да се свртат кон Мене\nза да ги исцелам!'“\n<sup>28</sup>Затоа сакам да знаете дека ова спасение од Бог е испратено и за нееврејските народи и тие ќе го прифатат!\n<sup>29</sup><sup>30</sup>Таму Павле остана цели две години во изнајмена куќа и ги примаше сите што му доаѓаа,\n<sup>31</sup>проповедајќи им за Божјото царство и поучувајќи ги за Господ Исус Христос, слободно и непречено.", "subject": ["Христијанство", "Библија"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5", "word_count": 22223, "cyrillic": 1.0}
{"id": "7242", "title": "Дела на апостолите (вики-превод)", "text": "= Глава 1 =\n1 Вовед\n<sup>1</sup>Драги Теофиле, во мојата прва книга ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот,\n<sup>2</sup>па сѐ до денот кога се вознесе на небото. Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух.\n<sup>3</sup>Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство.\n<sup>4</sup>На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим сѐ додека Небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа.\n<sup>5</sup>Јован Крстител крштаваше во вода, но по неколку дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“\n2 Вознесувањето на Исус\n<sup>6</sup>Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш нашето царство?“\n<sup>7</sup>Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува!\n<sup>8</sup>Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“\n<sup>9</sup>Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа сѐ додека облак не Го сокри од нивните погледи.\n<sup>10</sup>Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи облечени во бело,\n<sup>11</sup>и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“\n3 Црквата на апостолите во „Горната соба“\n<sup>12</sup>Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим. Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора. Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар.\n<sup>13</sup>Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа. Таму беа:\n:Петар,\n:Јован,\n:Јаков,\n:Андреј,\n:Филип,\n:Тома,\n:Бартоломеј,\n:Матеј,\n:Јаков (синот на Алфеј),\n:зилотот Симон и\n:Јуда (синот на Јаков).\n<sup>14</sup>Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа. Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус.\n4 Избран заменик на Јуда Искариотски\n<sup>15</sup>По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници. Петар стана и им се обрати:\n<sup>16</sup>,Драги пријатели христијани! Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариотски, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото писмо. Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исус, беше претскажано и мораше да се исполни,\n<sup>17</sup>иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“\n<sup>18</sup>(Со парите што ги доби за предавството на Исус, Јуда си купи нива. Потоа таму се обеси, па падна среде неа, распукнувајќи се, при што целата утроба му се истури.\n<sup>19</sup>За ова дознаа сите жители на Ерусалим, па таа нива ја нарекоа Акал-Д'ма, што на нивниот јазик значи „Крвна нива“.)\n<sup>20</sup><Во книгата на псалмите стои запишано:\n:,Домот да му се запусти,\n:никој во него да не живее!'\n:и\n:,Службата негова друг нека ја преземе!'\n<sup>21</sup>Затоа треба да одбереме човек што ќе го замени Јуда. Тоа треба да биде некој што бил со нас во текот на целото време, откако Господ Исус дојде, па сѐ додека си замина,\n<sup>22</sup>некој што бил со нас откако Јован Крстител Го крсти Исуса, па сѐ до денот кога Исус се вознесе на небото. Тој човек треба да биде и очевидец на воскреснатиот Исус, како што сме и ние.“\n<sup>23</sup>Тогаш предложија двајца: првиот беше Јосиф Барсаба, познат и како Јуст, а вториот беше Матија.\n<sup>24</sup>Пред да го извршат изборот, се помолија вака: „Господе, ти знаеш што лежи во срцето на секој човек. Покажи ни кого од овие двајца си го одбрал\n<sup>25</sup>да биде апостол наместо Јуда, кој нѐ изневери и заврши таму каде што припаѓа.“\n<sup>26</sup>Со ждрепка го одбраа Матија, кој им се приклучи на останатите единаесет апостоли.\n= Глава 2 =\n5 Доаѓањето на Светиот Дух\n<sup>1</sup>Кога дојде празникот Духовден, сите христијани се собраа на едно место.\n<sup>2</sup>Тогаш ненадејно од небото се чу бучава како од силен виор. Бучавата ја исполни целата куќа каде што беа собрани.\n<sup>3</sup>Се појавија одвоени јазици, како од оган, и се спуштија врз секој од нив.\n<sup>4</sup>Сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на различни јазици, како што им даваше способност Светиот Дух.\n<sup>5</sup>Во тоа време во Ерусалим престојуваа побожни Евреи дојдени од секој народ под небесниот свод.\n<sup>6</sup>Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик!\n<sup>7</sup>Сите се чудеа и збунето, велеа: „Како е можно ова? Зар сите овие луѓе што зборуваат не се од Галилеја?\n<sup>8</sup>Како, тогаш, секој од нас го слуша јазикот од својот роден крај?\n<sup>9</sup>Меѓу нас има Партјани, Мидјани и Еламијци, потоа луѓе што живеат во Месопотамија, во Јудеја, во Кападокија, во Понт и во Азија,\n<sup>10</sup>во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим\n<sup>11</sup>(Евреи и новообратени), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“\n<sup>12</sup>Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“\n<sup>13</sup>Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се! Се изнапиле слатко вино!“\n6 Петар им се обраќа на насобраните\n<sup>14</sup>Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:\n<sup>15</sup>Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.\n<sup>16</sup>Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел:\n:<sup>17</sup>,Во последните денови' - вели Бог -\n:,ќе излеам од Мојот Дух врз сите луѓе,\n:па ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши,\n:момчињата ќе имаат виденија,\n:а старците ќе сонуваат соништа.\n:<sup>18</sup>Во тие денови ќе излеам од Мојот Дух\n:врз сите Мои слуги и слугинки,\n:и тие ќе пророкуваат.\n:<sup>19</sup>Ќе правам чуда горе во небесата\n:и видливи докази долу на Земјата -\n:крв и оган и столбови од чад.\n:<sup>20</sup>Сонцето ќе поцрни,\n:а месечината ќе се вцрви како крв,\n:пред да дојде тој голем и славен Господов ден.\n:<sup>21</sup>Тогаш секој што ќе го повика\n:името Господово ќе биде спасен.'“\n<sup>22</sup>Израелци, слушнете ги овие зборови: Бог јавно го поддржа Исуса од Назарет со тоа што преку Него изврши многу чуда, несекојдневни работи и чудотворни докази. Тоа и самите добро го знаете.\n<sup>23</sup>Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исус и со помош на еден паганин, Го распнавте на крст и Го убивте.\n<sup>24</sup>Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше.\n<sup>25</sup>За Него, Давид вели:\n:„Знам дека Господ е постојано со мене,\n:Тој ми е оддесно -\n:нема да потклекнам!\n:<sup>26</sup>Поради тоа срцето ми е весело,\n:и душата ми се радува;\n:а и телото во надеж ќе ми почива,\n:<sup>27</sup>зашто Ти во гробот нема да ме оставиш,\n:ниту ќе дозволиш\n:Твојот Светец да доживее распаѓање.\n:<sup>28</sup>Ти ми го објави патот на животот,\n:Твоето присуство ќе ме исполни со радост.“\n<sup>29</sup>Луѓе, браќа, јасно е дека нашиот прататко Давид овде не зборува за себе, зашто тој умре, беше погребан и неговиот гроб е тука, меѓу нас, сѐ до денешен ден.\n<sup>30</sup>Но бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се беше заколнал оти потомок од неговите бедра ќе седи на неговиот престол,\n<sup>31</sup>претскажувајќи за тоа, тој зборуваше за воскреснувањето на Христос, Кој, ниту беше оставен во гробот, ниту Неговото тело доживеа распаѓање.\n<sup>32</sup>Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа.\n<sup>33</sup>Откако беше вознесен и поставен од десната страна на Бог, и откако го прими Светиот Дух што Му беше ветен од Небесниот Татко, го излеа врз нас, како што вие сега гледате и слушате.\n<sup>34</sup>Зашто, самиот Давид не се вознесе на небото, а сепак рече:\n:„Му рече Господ на мојот Господ:\n:Седни на почесното место, од Мојата десна страна,\n:<sup>35</sup>додека не ги претворам Твоите непријатели\n:во чергиче што ќе го газат стапалата Твои!'“\n<sup>36</sup>Затоа нека знаат сите Израелци и нека бидат уверени дека Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Месија!“\n<sup>37</sup>Ова што го слушнаа до срце ги прободе, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе, браќа, што да правиме?“\n<sup>38</sup>Петар им одговори: „Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите. Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби.\n<sup>39</sup>Ветувањето што Бог му го даде на Давид се однесува на вас, на вашите деца, како и на неевреите, и на сите што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика.“\n<sup>40</sup>Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“\n<sup>41</sup>Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните.\n<sup>42</sup>Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви.\n7 Првите христијански заедници\n<sup>43</sup>Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.\n<sup>44</sup>Сите христијани се здружија и сѐ што имаа им беше заедничко.\n<sup>45</sup>Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби.\n<sup>46</sup>Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце.\n<sup>47</sup>Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.\n= Глава 3 =\n8 Петар исцелува сакат питач\n<sup>1</sup>Еден ден, Петар и Јован се упатија кон храмот. Беше три часот попладне - време за молитва.\n<sup>2</sup>Токму тогаш донесоа еден човек, сакат во нозете од раѓање, што секојдневно го носеа и го оставаа пред познатата „Красна порта“, за да проси милостина од луѓето што доаѓаа во храмот.\n<sup>3</sup>Кога виде дека Петар и Јован ќе влегуваат во храмот, запроси да му дадат нешто.\n<sup>4</sup>Петар и Јован го погледнаа и му рекоа: „Погледни нѐ!“\n<sup>5</sup>Сакатиот молежливо ги гледаше, очекувајќи милостина.\n<sup>6</sup>Тогаш Петар му рече: „Немам ни сребреници, ни златници, но тоа што го имам, ти го давам: Во името на Исус Христос од Назарет, стани и ќе проодиш!“\n<sup>7</sup>Потоа го фати за десната рака и го исправи. Во истиот миг му зацврснаа стапалата и глуждовите!\n<sup>8</sup>Скокна, застана на свои нозе и почна да оди! Заедно со нив влезе во храмот, скокајќи и славејќи го Бога.\n<sup>9</sup>Целиот народ го виде како оди и го слави Бога.\n<sup>10</sup>Тие знаеа дека тоа беше истиот човек што седеше и просеше пред Красната порта на храмот и од восхит не можеа да се изначудат на она што се случи.\n9 Петар проповеда во храмот\n<sup>11</sup>Сиот народ се насобра околу нив, под Соломоновиот трем. Човекот не се одвојуваше од Петар и Јован. Луѓето стоеја, стаписани од тоа што се случи.\n<sup>12</sup>Кога Петар виде дека луѓето се чудат, им рече: „Луѓе, Израелци, зошто се чудите на ова? Зошто зјапате во нас, небаре ние со своја сила или побожност направивме овој човек да прооди!?\n<sup>13</sup>Преку ова дело, Богот на Авраам, на Исак, на Јаков и на сите наши предци, Го прослави Својот Слуга Исус. Вие Го предадовте и се откажавте од Него пред Пилат, кога тој беше решил да Го ослободи.\n<sup>14</sup>Се откажавте од Светиот и Праведниот, а побаравте да биде пуштен на слобода еден убиец!\n<sup>15</sup>Зачетникот на животот Го убивте! Но Бог Го воскресна од мртвите - ние сме живи сведоци за тоа.\n<sup>16</sup>Овој човек, кого вие добро го познавате, се исцели врз основа на верата во Неговото име. Верата во Исусовото име го оздраве, пред вашите очи.\n<sup>17</sup>Браќа, знам дека вие и вашите водачи го направивте тоа од незнаење,\n<sup>18</sup>но Бог на тој начин го исполни она што го беше претскажал преку сите пророци: дека Месијата испратен од Него ќе мора да помине низ овие страдања.\n<sup>19</sup>Затоа покајте се и свртете се кон Бог, за да ви бидат избришани гревовите.\n<sup>20</sup>Тогаш, присуството на Господ во вашите животи ќе ви донесе освежување и Бог ќе ви Го испрати Месијата Исус, Кој од порано ви беше претскажан.\n<sup>21</sup>Исус треба да остане на небото, сѐ додека не дојде време Бог да обнови сѐ, како што ни вети уште одамна преку Своите свети пророци.\n<sup>22</sup>Уште Мојсеј беше претскажал: >Господ, вашиот Бог, ќе ви издигне од вашиот народ Пророк, како што сум јас. Сѐ што ќе ви каже Тој - слушајте Го!<sup>23</sup>Секој што нема да Го послуша Тој Пророк, ќе биде истребен од Божјиот народ.'\n<sup>24</sup>А и сите пророци, од Самоил и неговите наследници, па наваму, зборуваа токму за ова време.\n<sup>25</sup>Вие сте потомци на пророците, вие сте тие за кои Бог на вашите предци им даде завет, ветувајќи му на Авраам: >Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата.'\n<sup>26</sup>Штом Бог Го издигна Својот Слуга, Го испрати прво кај нас, за да ве благослови со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите грешни патишта.“\n= Глава 4 =\n10 Националните и верските водачи против апостолите\n<sup>1</sup>Додека Петар и Јован уште му зборуваа на народот, им пријдоа неколку свештеници, заповедникот на гардата во ерусалимскиот храм и неколку садукеи.\n<sup>2</sup>Тие беа многу вознемирени поради тоа што апостолите го учеа народот и, повикувајќи се на воскреснатиот Исус, тврдеа дека постои воскресение на мртвите.\n<sup>3</sup>Ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден, зашто веќе беше вечер.\n<sup>4</sup>Мнозина од оние што ја слушнаа проповедта на апостолите поверуваа, па бројот на христијаните се зголеми на околу пет илјади, сметајќи ги тука само возрасните мажи.\n<sup>5</sup>Утредента се состана Народниот Совет составен од сите управници, старешини и вероучители во Ерусалим.\n<sup>6</sup>Дојде првосвештеникот Анан, дојдоа и Кајафа, Јован, Александар како и сите други роднини на првосвештеникот.\n<sup>7</sup>Ги доведоа Јован и Петар, ги поставија на средината, па почнаа да ги испрашуваат: „Кој ви даде право, кој ве овласти да го правите ова?“\n<sup>8</sup>Исполнет со Светиот Дух, Петар им рече: „Управници и старешини на народот!\n<sup>9</sup>Ако денес нѐ испрашувате за доброто дело спрема сакатиот човек, ако сакате да дознаете како беше исцелен, тогаш,\n<sup>10</sup>знајте и вие и сиот израелски народ, дека човекот пред ваши очи застана на свои нозе во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, а Бог Го воскресна од мртвите!\n<sup>11</sup>Исус е Тој за Кого во Светото писмо пишува:\n>Каменот што ѕидарите го отфрлија\nстана темелен камен.'\n<sup>12</sup>Под сиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!“\n<sup>13</sup>Членовите на Народниот Совет се зачудија кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, зашто беше очигледно дела тие се обични, необразовани луѓе. А ги препознаа дека тие луѓе беа со Исус.\n<sup>14</sup>Но човекот што беше исцелен стоеше тука, пред нив, и тие немаа што да приговорат.\n<sup>15</sup>Тогаш им наредија на Петар и Јован да излезат надвор од собранието, а тие почнаа да се советуваат:\n<sup>16</sup><Што да правиме со овие луѓе? Големо чудо се случи преку нив и тоа на сите во Ерусалим им е познато. Тоа не можеме да го порекнеме.\n<sup>17</sup>Но можеби можеме да ги запреме да го шират тоа учење меѓу народот. Да им забраниме никому повеќе да не му зборуваат за Исус!“\n<sup>18</sup>Ги повикаа апостолите внатре и им наредија ништо да не зборуваат за Исус, ниту да поучуваат во Негово име.\n<sup>19</sup>Но Петар и Јован им одговорија: „Самите проценете, дали Бог ќе се сложи повеќе да ве слушаме вас отколку Него!?\n<sup>20</sup>Не можеме да молчиме за она што го видовме и чувме!“\n<sup>21</sup>Членовите на Народниот Совет им се заканија, но сепак ги ослободија. Не можеа да најдат ништо за што би можеле да ги казнат. А се плашеа дека и народот ќе крене бунт, зашто сите Го славеа Бога за чудото што се случи:\n<sup>22</sup>беше исцелен човек што повеќе од четириесет години бил сакат во нозете!\n11 Молитва за смелост наспроти прогонствата\n<sup>23</sup>Веднаш штом беа ослободени, Петар и Јован се вратија меѓу своите пријатели христијани и им кажаа за сѐ што им рекоа свештеничките поглавари и старешините.\n<sup>24</sup>Кога го чуја тоа, сите сложно повикаа кон Бог и рекоа: „Семоќен Господару, Создателе на небото и Земјата, на морињата и на сите суштества во нив!\n<sup>25</sup>Ти, преку Светиот Дух, го поттикна нашиот прататко Давид да ги искаже следниве стихови:\n>Зошто беснеат паганските народи,\nлуѓето коваат залудни завери?\n<sup>26</sup>Цареви по земјата се креваат\nи владетели се здружуваат,\nпротив Господ и против Неговиот Помазаник.'\n<sup>27</sup>Токму тоа се случи овде, во овој град: царот Ирод Антипа, гувернерот Понтиј Пилат, пагани и Израелци, се здружија против Исус, Твојот свет Слуга, Кого Ти Го определи за Месија.\n<sup>28</sup>Но сѐ што сторија тие претставува исполнување на она што го определија Твојата рака и Твојата мудрост.\n<sup>29</sup>Ги гледаш сега, Господе, нивните закани! Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака!\n<sup>30</sup>Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“\n<sup>31</sup>Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака.\n12 Христијански комуни\n<sup>32</sup>Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како негова лична сопственост, туку сѐ им беше заедничко.\n<sup>33</sup>Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет.\n<sup>34</sup>Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите од продаденото\n<sup>35</sup>им ги даваа на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби.\n<sup>36</sup>На пример, Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба, односно „Утешител“ кој беше од племето на Левиј, а родум од Кипар,\n<sup>37</sup>имаше нива, и откако ја продаде, ги донесе парите и им ги предаде на апостолите.\n= Глава 5 =\n13 Казната над Ананиј и Шапира поради лажење\n<sup>1</sup>А еден друг човек, по име Ананиј, во договор со својата жена Шапира исто така продаде една од своите ниви\n<sup>2</sup>но само дел од парите им донесе на апостолите, тврдејќи дека тоа се сите пари. За сето ова знаеше и неговата жена.\n<sup>3</sup>Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи сатаната да ти го исполни срцето, да го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата?\n<sup>4</sup>Нивата беше твоја. Твоја работа беше дали ќе ја продадеш, или не. И кога ја продаде, парите беа твои. Зошто се реши на измама? Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“\n<sup>5</sup>Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре! Сите што слушнаа за ова многу се исплашија.\n<sup>6</sup>Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.\n<sup>7</sup>По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.\n<sup>8</sup>Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“\n<Да, за толку“ - рече таа.\n<sup>9</sup>Петар ѝ рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“\n<sup>10</sup>И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа покрај нејзиниот маж.\n<sup>11</sup>Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова.\n14 Големиот углед на првите христијани\n<sup>12</sup>Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда среде народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под тремот на Соломон и сите беа сложни.\n<sup>13</sup>Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот.\n<sup>14</sup>Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, мноштво мажи и жени.\n<sup>15</sup>Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостолот Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.\n<sup>16</sup>Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.\n15 Верските водачи ги прогонуваат Христовите апостоли\n<sup>17</sup>Тогаш првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,\n<sup>18</sup>па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.\n<sup>19</sup>Но уште истата вечер ангел Господов им ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им:\n<sup>20</sup><Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака што е од животна важност!“\n<sup>21</sup>Апостолите ги послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.\nКога дојде првосвештеникот со својата свита, го свика Врховното собрание составено од верските водачи и старешините на Израел, па порачаа да ги доведат затворениците.\n<sup>22</sup>Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа:\n<sup>23</sup><Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре, никого не најдовме!“\n<sup>24</sup>Кога го слушнаа ова заповедникот на гардата во храмот и првосвештеникот, се збунија и се прашуваа, што значи ова!?\n<sup>25</sup>Тогаш дојде еден човек и им рече: „Оние што ги фрливте в затвор сега се во храмот и го поучуваат народот!“\n<sup>26</sup>Штом го чу ова заповедникот на гардата на храмот, со своите слуги, отиде и ги доведе апостолите, без да употреби сила, зашто се плашеше да не биде каменуван од народот.\n<sup>27</sup>Потоа ги изведоа пред Врховното собрание и првосвештеникот почна да ги испрашува:\n<sup>28</sup><Јас најстрого ви забранив да зборувате за Исус, а вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сте решиле врз нас да ја префрлите вината за смртта на Тој Човек!“\n<sup>29</sup>Петар и другите апостоли му одговорија: „Треба да Му се покоруваме првенствено на Бог, а потоа и на луѓето што ни се претпоставени.\n<sup>30</sup>Вие Го убивте Исус, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна,\n<sup>31</sup>Го воздигна како наш Водач и Спасител, па го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покајат и Бог да им ги прости гревовите.\n<sup>32</sup>За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им го даде на оние што Му се послушни.“\n<sup>33</sup>Кога членовите на Врховното собрание го слушнаа ова, збеснаа и решија да ги убијат Христовите апостоли!\n<sup>34</sup>Но стана еден фарисеј по име Гамалиел, вероучител почитуван од целиот народ. Им нареди на апостолите да излезат на кратко.\n<sup>35</sup>Потоа му се обрати на собранието: „Луѓе Израелци, размислете добро што ќе сторите со овие луѓе!\n<sup>36</sup>Пред извесно време се беше кренал Тода, Кој за себе тврдеше дека е голем човек. Му се приклучија околу четиристотини луѓе. Тој беше убиен, а сите негови следбеници се распрснаа и исчезнаа.\n<sup>37</sup>По него, за време на пописот, се појави галилеецот Јуда и привлече многу народ по себе. И тој загина, па сите негови следбеници се разбегаа.\n<sup>38</sup>И за овој случај ве советувам: Оставете ги овие луѓе, пуштете ги, зашто ако целиот овој покрет и учење се од луѓе - ќе исчезнат,\n<sup>39</sup>но ако се од Бога, не можете да ги уништите. Внимавајте, да не се впуштите во судир со Бог!“\nСобранието го прифати неговиот совет.\n<sup>40</sup>Ги викнаа апостолите, ги натепаа и им забранија никогаш повеќе да не зборуваат за Исус. Потоа ги пуштија.\n<sup>41</sup>Апостолите си заминаа од Собранието, радосни што Бог ги удостои да пострадаат поради верност кон името на Исус.\n<sup>42</sup>Потоа, секој ден, во храмот и по куќите*, непрестано го поучуваа народот и проповедаа дека Исус е долгоочекуваниот Месија.“\n= Глава 6 =\n16 Назначување на седум помошници\n<sup>1</sup>Во тоа време, откако бројот на христијаните се зголеми, Елините се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа занемарувани при секојдневното делење на храна.\n<sup>2</sup>Тогаш дванаесетте апостоли ги свикаа сите христијани* и им рекоа: „Не е добро ние, апостолите, да го запоставуваме проповедањето на Божјата порака и да служиме околу трпезите.\n<sup>3</sup>Затоа, браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение,\n<sup>4</sup>а ние целосно ќе се посветиме на молитва и на проповедање на Божјата порака.“\n<sup>5</sup>Ова им се допадна на присутните и ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и со Светиот Дух, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, новообратен прозелит од Антиохија.\n<sup>6</sup>Ги доведоа пред апостолите, кои со положени раце над нив се помолија за нив.\n<sup>7</sup>Божјата порака сѐ пошироко се прифаќаше и бројот на христијаните во Ерусалим бргу се зголемуваше, па и голем број еврејски свештеници ја прифаќаа христијанската вера.\n17 Апсењето на Стефан\n<sup>8</sup>Бог беше благонаклонет спрема Стефан и Му даде сила, па тој правеше големи чуда и изнесуваше докази меѓу луѓето.\n<sup>9</sup>Но еден ден, неколку припадници на синагогата наречена „Синагога на ослободените“ почнаа да се расправаат со него. Тие беа Евреи од Киринеја, Александрија, Киликија и од областа Азија.\n<sup>10</sup>Не можејќи да им се противстават на мудроста и на Духот со кои Стефан зборуваше,\n<sup>11</sup>тие тајно наговорија неколку луѓе лажно да го обвинат, велејќи: „Го слушнавме како зборува многу навредливи работи против Мојсеј и против Бог!“\n<sup>12</sup>Така успеаја да ги кренат на нозе народот, старешините и вероучителите, кои дојдоа кај Стефан, го фатија и го изведоа пред Врховното Собрание.\n<sup>13</sup>Истапија лажните сведоци и рекоа: „Овој човек не престанува да зборува против овој храм и против Мојсеевиот Закон.\n<sup>14</sup>Сме го слушнале како зборува дека Исус од Назарет ќе го уништи храмот и ќе ги измени обичаите што ни се предадени од Мојсеј.“\n<sup>15</sup>Тогаш сите што седеа во Собранието се загледаа во Стефан, забележувајќи дека лицето му стана како лице на ангел.\n= Глава 7 =\n18 Говорот на Стефан пред еврејското Собрание\n<sup>1</sup>Тогаш првосвештеникот го праша Стефан: „Точни ли се исказите против тебе?“\n<sup>2</sup>Стефан одговори: „Луѓе, браќа и татковци, сослушајте ме. Нашиот славен Бог му се јави на нашиот предок Авраам, додека тој сѐ уште беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан,\n<sup>3</sup>и му рече: >Напушти ја оваа земја, напушти ги твоите роднини и појди во земјата што Јас ќе ти ја покажам.'\n<sup>4</sup>Тогаш Авраам ја напушти земјата на Халдејците и се насели во Харан. По смртта на неговиот татко, се пресели во оваа земја во која сега ние живееме.\n<sup>5</sup>Бог не му даде наследство ниту една педа земја, но, уште пред да има деца, му вети дека на неговите потомци ќе им ја даде во наследство целата земја.\n<sup>6</sup>Му рече дека неговите потомци ќе бидат доселеници во туѓа земја, каде што ќе ги претворат во робови и ќе ги измачуваат четиристотини години.\n<sup>7</sup>>Но на народот на кој ќе му робуваат, Јас ќе му судам!' - рече Бог. >Кога ќе излезат оттаму, ослободени, ќе Ми служат на ова место.'\n<sup>8</sup>Потоа му го заповеда на Авраам заветот за обрежувањето. Авраам доби син - Исак, и го обрежа кога наполни осум дена. Потоа и Исак доби син - Јаков. Јаков е таткото на дванаесетте родоначалници на еврејскиот народ.\n<sup>9</sup>Синовите на Јаков му љубомореа на својот брат Јосиф, и го продадоа како роб во Египет, но Бог беше со него\n<sup>10</sup>и го избави од сите неволи што го снајдоа. Бог му беше благонаклонет и му даде мудрост, па фараонот, царот на Египет, го постави за управител над целата земја и над целиот свој дом.\n<sup>11</sup>Тогаш Египет и Канаан ги погоди глад, па нашите прадедовци се најдоа на голема мака, не можејќи да набават храна.\n<sup>12</sup>Кога Јаков слушна дека во Египет има жито, ги испрати таму своите синови. Тоа беше нивната прва посета.\n<sup>13</sup>Кога и по вторпат отидоа во Египет, Јосиф им се откри на своите браќа. Така фараонот го запозна неговото семејство.\n<sup>14</sup>Потоа Јосиф испрати да го повикаат неговиот татко Јаков и сите негови роднини, седумдесет и петмина на број.\n<sup>15</sup>Така Јаков се досели во Египет. Таму умреа и тој и нашите прадедовци.\n<sup>16</sup>Подоцна, коските им беа пренесени во Шехем, каде што беа погребани во гробницата што Авраам со сребро ја беше купил од синовите на Хамор.\n<sup>17</sup>Како што се приближуваше времето Бог да го исполни ветувањето што му го даде на Авраам, нашиот народ во Египет се зголемуваше и намножуваше.\n<sup>18</sup>Но со Египет веќе владееше друг цар, кој не знаеше за Јосиф.\n<sup>19</sup>Тој скова заговор против нашиот народ, ги мачеше нашите предци и ги принудуваше да си ги напуштаат новороденчињата, за да не останат живи.\n<sup>20</sup>Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бог. Три месеци беше одгледуван во домот на својот татко,\n<sup>21</sup>а потоа мораа да го остават, но го зеде ќерката на фараонот и го одгледа како свој син.\n<sup>22</sup>Така Мојсеј се запозна со целата мудрост на Египќаните и се стекна со големо теоретско и практично знаење.\n<sup>23</sup>Кога наполни четириесет години, му се роди во срцето желба да ги посети своите сонародници, Израелците.\n<sup>24</sup>Во текот на таа посета, виде дека еден Египќанец насилно постапува со еден Евреин. Мојсеј го заштити Евреинот и во одмазда го уби Египќанецот.\n<sup>25</sup>Тој мислеше дека неговите сонародници ќе сфатат оти Бог, преку неговата рака, им праќа ослободување, но тие не сфатија.\n<sup>26</sup>Утредента виде како двајца Израелци се тепаат и се обиде да ги смири, велејќи им: >Луѓе, вие сте припадници на ист народ! Зошто се повредувате еден со друг?'\n<sup>27</sup>Но виновникот за тепачката го турна и му рече: >Кој те поставил тебе да ни бидеш владетел и судија!?\n<sup>28</sup>Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот!?'\n<sup>29</sup>Кога Мојсеј го слушна ова, побегна во Мидијамската земја, каде што живееше како доселеник. Таму му се родија два сина.\n<sup>30</sup>Откако поминаа четириесет години, во пустината, близу до планината Синај, му се појави ангел во пламенот на една запалена грмушка.\n<sup>31</sup>Кога Мојсеј го виде ова, се зачуди и појде таму за да види одблизу. Тогаш го чу гласот Господов кој му рече:\n<sup>32</sup>>Јас сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, на Исак и на Јаков!' Мојсеј се стресе од страв и не се осмели да погледне.\n<sup>33</sup>Потоа Господ му рече: >Собуј ги сандалите, зашто стоиш на свето место!\n<sup>34</sup>Видов како Мојот народ е измачуван во Египет и стенкањето негово го чув. Еве, доаѓам да го ослободам. Сега, оди во Египет, како Мој пратеник!'\n<sup>35</sup>Оној Мојсеј, кого луѓето го отфрлија, велејќи му: >Кој те поставил да ни бидеш владетел и судија!?' - Бог го испрати преку ангелот што му се појави во запалената грмушка, да им биде водач и ослободител.\n<sup>36</sup>Правејќи многу чуда и видливи докази, тој ги изведе од Египет, ги преведе преку Црвеното Море и ги водеше низ пустината цели четириесет години.\n<sup>37</sup>Самиот Мојсеј му рече на Израелскиот народ: >Бог ќе ви издигне Пророк од вашите редови, како што сум јас.'\n<sup>38</sup>Тој беше заедно со целиот Божји народ во пустината. Посредуваше меѓу ангелот што му зборуваше на планината Синај и нашите татковци. Притоа, тој прими зборови од животно значење и ни ги пренесе нам.\n<sup>39</sup>Но нашите предци не го послушаа, туку го отфрлија и посакаа да се вратат во Египет, по кој им беа прираснале срцата.\n<sup>40</sup>Му рекоа на Арон: >Направи ни богови што ќе нѐ водат, зашто не знаеме што се случи со Мојсеј, кој нѐ изведе од Египет.'\n<sup>41</sup>Така си направија од злато идол во форма на теле и му принесоа жртва, восхитени од својата ракотворба.\n<sup>42</sup>Тогаш Бог им сврте грб и ги остави да им служат на Сонцето, Месечината и ѕвездите, како да им се богови, токму онака како што е запишано во книгата на пророците:\n>Народе Израелски! Дали Мене\nМи принесувавте жртви и приноси\nдодека патувавте низ пустината,\nцели четириесет години, доме Израелов?\n<sup>43</sup>Не, туку си направивте идоли,\nза да им се поклонувате:\nСо себе ги носевте шаторот\n- светилиште посветен на богот Молех и\nѕвездата на богот Реифан!\nЗатоа ќе ве предадам во ропство,\nи ќе ве одведат во далечниот Вавилон!'\n<sup>44</sup>Додека патуваа низ пустината, нашите предци го носеа заветниот шатор. Така им заповеда Бог. Тој му рече на Мојсеј да го направи според моделот што му го беше покажал'\n<sup>45</sup>Многу години подоцна, под водство на Јошуа го донесоа во земјата што ја одзедоа од паганските народи, кои Бог ги истера пред нив. Таму остана сѐ до времето на царот Давид.\n<sup>46</sup>Бог му беше благонаклонет на Давид и затоа Давид се осмели да побара од Бог дозвола да најде место каде што ќе изгради храм во кој Израелците ќе Му служат на својот Бог.\n<sup>47</sup>Сепак, Божјиот храм го изгради Соломон.\n<sup>48</sup>Но Севишниот не живее во градби направени од човечка рака. Како што самиот Бог вели преку пророкот Исаија:\n<sup>49</sup>>Небото Ми е престол,\nа Земјата - подножје на Моите нозе.\nКаков дом ќе ми направите вие?' - вели Господ -\n>Какво место ќе ми најдете за Мое живеалиште?\n<sup>50</sup>Зарем не е сѐ со Мојата рака создадено?'\n<sup>51</sup>Вие сте тврдоглав народ! Длабоко во себе вие сте како паганите! Глуви сте за вистината! И вие, како и вашите предци, постојано Му се противите на Светиот Дух.\n<sup>52</sup>Посочете ми еден пророк што не беше прогонуван од вашите предци! Тие ги убија пророците што го претскажаа доаѓањето на Праведникот, на Месијата, а кога Тој дојде, вие се свртевте против Него, Го предадовте и Го убивте.\n<sup>53</sup>Ангели ви го пренесоа Божјиот Закон и пак не го почитувате!“\n19 Каменувањето на Стефан\n<sup>54</sup>Кога еврејските верски и национални водачи го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да крцкаат со забите против Стефан.\n<sup>55</sup>А тој, исполнет со Светиот Дух, и со вперен поглед кон небото каде што ја виде Божјата слава, и Го виде Исус како стои од десната страна на Бог,\n<sup>56</sup>рече: „Погледнете, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бог!“\n<sup>57</sup>Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан.\n<sup>58</sup>Го извлекоа надвор од градот и го каменуваа. Оние што сведочеа против Стефан ги соблекоа своите горни облеки и ги оставија кај едно момче по име Саул, да им ги причува.\n<sup>59</sup>Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: „Господе Исусе, прими го мојот дух.“\n<sup>60</sup>Потоа падна на колена и силно извика: „Господе, не земај им го ова за грев!“ Го рече ова и почина.\n= Глава 8 =\n20 Саул ја прогонува црквата\n<sup>1</sup>Саул го одобруваше убиството на Стефан.\nОд тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.\n<sup>2</sup>Неколку побожни луѓе го погребаа Стефан, оплакувајќи го на сет глас.\n<sup>3</sup>Саул почна да ја уништува Црквата дом по дом. Влегуваше, ги извлекуваше и мажите и жените, и ги испраќаше в затвор.\n21 Радосната вест се проповеда низ Самарија\n<sup>4</sup>Христијаните што се раштркаа поради прогонствата, одеа од место во место и ја проповедаа Радосната вест за Христос.\n<sup>5</sup>Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос.\n<sup>6</sup>Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше, гледајќи ги чудата што тој ги правеше.\n<sup>7</sup>Многу демонски духови, со силен викот излегуваа од обземените, и многу парализирани и сакати беа исцелени.\n<sup>8</sup>Во градот завладеа голема радост.\n<sup>9</sup>Имаше таму и еден човек по име Симон. Тој порано правеше магии и ги восхитуваше луѓето, тврдејќи за себе дека е голем човек.\n<sup>10</sup>Него го слушаа сите, од мало до големо, велејќи: „Овој човек е сила Божја - >Голема сила'.“\n<sup>11</sup>Тие го слушаа бидејќи долго време ги восхитуваше со магии и трикови.\n<sup>12</sup>Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени.\n<sup>13</sup>Дури и Симон поверува, и се крсти. Му се придружи на Филип и се восхитуваше од чудата и видливите докази што Филип ги правеше.\n<sup>14</sup>Кога слушнаа апостолите во Ерусалим дека народот во Самарија ја прифатил Божјата порака, ги испратија кај нив Петар и Јован.\n<sup>15</sup>Кога пристигнаа тие, се помолија за овие нови христијани да го примат Светиот Дух,\n<sup>16</sup>бидејќи Тој сѐ уште не беше слегол над ниту еден од нив, туку тие само беа крстени во името на Господ Исус.\n<sup>17</sup>Тогаш Петар и Јован се помолија, положувајќи ги рацете врз нив, и тие го примија Светиот Дух.\n<sup>18</sup>Кога Симон виде дека Светиот Дух им беше даден преку ракополагање од страна на апостолите, им понуди пари\n<sup>19</sup>и им рече: „Дајте ми ја и мене оваа моќ, та врз кого ќе положам раце, да го прими Светиот Дух!“\n<sup>20</sup>Но Петар му одговори: „Одете во неврат и ти и твоите пари, штом мислиш дека Божјиот дар може да се купи за пари!\n<sup>21</sup>Нема за тебе место, ти не можеш да учествуваш во оваа работа, зашто се покажа дека твоето срце не е праведно пред Бог!\n<sup>22</sup>Затоа покај се што помисли таква зла работа и помоли Му се на Бог. Можеби ќе ти ја прости оваа нечесна намера,\n<sup>23</sup>зашто гледам дека си полн со горчина и окован во стегите на гревот.“\n<sup>24</sup>Тогаш Симон извика: „Молете Му се на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го спомнавте!“\n<sup>25</sup>Откако Петар и Јован сведочеа и проповедаа за Господ, се вратија во Ерусалим. Патем ја проповедаа Радосната вест по многу села во Самарија низ кои поминуваа.\n22 Филип и евнухот од Етиопија\n<sup>26</sup>Потоа ангел Господов му рече на Филип: „Стани и оди на југ, по пустинскиот пат што се спушта од Ерусалим кон Газа!“\n<sup>27</sup>Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим,\n<sup>28</sup>па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија.\n<sup>29</sup>Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“\n<sup>30</sup>Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“\n<sup>31</sup><Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.\n<sup>32</sup>Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо:\n„Беше одведен како овца на клање,\nмолчеше како јагне на стрижење.\nУста не отвори, иако беше\n<sup>33</sup>понижен и лишен од правда, кога му судеа.\nКој ќе ја сфати неговата генерација\nкоја го лиши од живот на овој свет!?“\n<sup>34</sup>Потоа евнухот го праша Филип: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“\n<sup>35</sup>Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.\n<sup>36</sup>Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“\n<sup>37</sup><sup>38</sup>Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти.\n<sup>39</sup>Кога излегоа од водата, Духот Господов го грабна Филипа и евнухот веќе не го виде. Потоа радосен си го продолжи својот пат.\n<sup>40</sup>А Филип се појави во градот Азот. Минувајќи низ тие предели, ја проповедаше Радосната вест низ сите градови, сѐ додека не стигна до Цезареа.\n= Глава 9 =\n== Господ го преобраќа Саул - идниот апостол Павле\n(Дела Ап. 22:6-16; 26:12-18) ==\n<sup>1</sup>Во меѓувреме Саул, со секој свој здив, претставуваше смртна закана за Господовите следбеници. Толку беше ревносен во неговата решеност да ги истреби, што отиде кај првосвештеникот\n<sup>2</sup>и измоли од него да напише писма до синагогите во Дамаск, во кои првосвештеникот ќе бара од нив да соработуваат со Саул во апсењето на сите следбеници на Патот што ќе ги најде таму. Саул сакаше да ги доведе во Ерусалим сите христијани, и мажи и жени, оковани во синџири.\n<sup>3</sup>Кога се приближи до Дамаск, ненадејно блесна во него силна светлина од небото!\n<sup>4</sup>Тој падна на земјата и слушна глас, како му се обраќа: „Саул, Саул! Зошто Ме прогонуваш?“\n<sup>5</sup><Кој сте Вие господине?“ - праша Саул.\nГоспод му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!\n<sup>6</sup>Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“\n<sup>7</sup>Луѓето што патуваа со него стоеја занемени, зашто слушнаа глас, а не видоа никого.\n<sup>8</sup>Саул стана од земјата, ги отвори очите, но ништо не гледаше. Водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.\n<sup>9</sup>Три дена не можеше да гледа, и ниту јадеше, ниту пиеше.\n<sup>10</sup>А во Дамаск имаше еден христијанин по име Ананија. Нему Господ му се јави во видение и му рече: „Ананија!“, а тој му одговори: „Еве ме, Господе!“\n<sup>11</sup>Господ му рече: „Стани, оди на улицата наречена >Права', во куќата на Јуда. Таму има еден човек од градот Тарс, по име Саул. Ќе го најдеш како се моли.\n<sup>12</sup>Преку видение му покажав еден човек, по име Ананија, како доаѓа да ги положи врз него рацете, за тој повторно да прогледа!“\n<sup>13</sup>Ананија одговори: „Господе, многу сум слушал за тој човек, колку многу зла им има направено на Твоите следбеници во Ерусалим!\n<sup>14</sup>Тој има овластување дадено од првосвештеникот да го уапси секој што го повикува Твоето име!“\n<sup>15</sup>Но Господ му рече: „Оди храбро,зашто Јас сум го избрал Саул да им проповеда за Мене на нееврејските народи, на нивните цареви како и на Израелците.\n<sup>16</sup>А јас ќе му покажам колку ќе мора да пропати поради проповедање на Моето име.“\n<sup>17</sup>Ананија отиде и влезе во посочената куќа. Ги положи рацете врз Саул и рече: „Брате Сауле, ме испрати Господ Исус, Оној што ти се јави на патот по кој доаѓаше, за повторно да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“\n<sup>18</sup>Од очите на Саул веднаш падна нешто како лушпа и тој повторно прогледа. Потоа стана и беше крстен.\n23 Саул проповеда во Дамаск\n<sup>19</sup>Откако се најаде, му се врати силата. Саул остана неколку дена со христијаните во Дамаск.\n<sup>20</sup>Веднаш почна во синагогите да проповеда дека Исус е Божјиот Син.\n<sup>21</sup>Сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Не ли е овој истиот човек што во Ерусалим ги убиваше следбениците на Исус? Зар не дојде и овде со истата цел: да ги уапси Исусовите следбеници и во пранги да ги одведе кај првосвештениците?“\n<sup>22</sup>Но Саул толку уверливо докажуваше дека Исус е Месијата, што Евреите кои беа во Дамаск беа целосно збунети и не можеа да му се противстават.\n<sup>23</sup>После долго време, Евреите сковаа заговор да го убијат,\n<sup>24</sup>но на Саул му беше јавено дека Евреите стражараат покрај градските порти и дење и ноќе, за да го фатат и да го убијат.\n<sup>25</sup>Затоа христијаните во текот на ноќта го префрлија преку ѕидините, спуштајќи го во кош.\n24 Саул проповеда во Ерусалим\n<sup>26</sup>Од Дамаск, Саул отпатува за Ерусалим, каде што се обиде да се поврзе со тамошните христијани, но тие се плашеа од него и не веруваа дека и тој навистина станал христијанин.\n<sup>27</sup>Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Саул на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус.\n<sup>28</sup>Тогаш апостолите го прифатија. Саул остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ.\n<sup>29</sup>Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат.\n<sup>30</sup>Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареа, и оттаму го испратија за Тарс.\n<sup>31</sup>Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж. Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.\n25 Делата на Петар во градовите Лида и Јопа\n<sup>32</sup>Посетувајќи ги христијаните, апостолот Павле патуваше од место во место. Така пристигна и кај следбениците на Господ што живееја во градот Лида.\n<sup>33</sup>Таму сретна еден човек по име Енеј, кој осум години лежел парализиран.\n<sup>34</sup>Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува! Стани и направи си ја постелата!“ И тој веднаш стана!\n<sup>35</sup>Сите што живееја во Лида и Шарон го видоа ова и се обратија кон Господ.\n<sup>36</sup>А во градот Јопа имаше една христијанка по име Тавита, што во превод значи >Срна'. Таа имаше направено многу добри дела и имаше раздавано многу милостина.\n<sup>37</sup>Во тоа време се разболе и умре. Ја избањаа и ја положија во една соба на горниот кат.\n<sup>38</sup>Лида е близу до Јопа и кога христијаните од Јопа, разбраа дека Петар е во Лида, испратија двајца луѓе да го викнат веднаш да дојде кај нив.\n<sup>39</sup>Петар веднаш стана и тргна со нив кон Јопа. Кога пристигнаа, го одведоа во горната соба. Собата беше полна со вдовици кои веднаш се собраа околу Петар и плачејќи му ги покажуваа кошулите и другите облеки што ги изработувала Тавита додека била жива.\n<sup>40</sup>Петар ги замоли сите да излезат надвор. Потоа клекна на колена, се помоли, се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и кога го виде Петар седна.\n<sup>41</sup>Тој ѝ подаде рака, и ѝ помогна да стане. Потоа ги викна христијаните и вдовиците и им ја покажа жива.\n<sup>42</sup>Тоа се расчу низ целиот град Јопа, и многумина поверуваа во Господ.\n<sup>43</sup>А Петар остана подолго време во Јопа. Живееше кај еден човек по име Симон, кој беше кожар.\n= Глава 10 =\n26 Крштевање на римскиот офицер Корнелие\n<sup>1</sup>Во градот Цезареа имаше еден римски офицер по име Корнелие. Тој беше командир на Италијанскиот полк.\n<sup>2</sup>Беше побожен човек и имаше страхопочит спрема Бог, заедно со сите што живееја во неговиот дом. Делеше многу милостина и постојано Му се молеше на Бог.\n<sup>3</sup>Еден ден, околу три часот попладне имаше видение: еден Божји ангел, дојде кај него и му рече: „Корнелие!“\n<sup>4</sup>Ѕурејќи исплашено во него, Корнелие одговори: „Молам, господине?“.\nАнгелот му рече: „Бог ги слушна твоите молитви, а и милостината што ја даваш, не остана незабележана.\n<sup>5</sup>Испрати сега неколку луѓе во Јопа да го доведат човекот по име Симон, кого уште го викаат и Петар!\n<sup>6</sup>Тој престојува кај кожарот Симон, чија куќа е покрај морето.“\n<sup>7</sup>Кажувајќи му го ова, ангелот си замина. Корнелие викна двајца слуги и еден од своите потчинети војници, кој исто така беше побожен човек.\n<sup>8</sup>Им објасни што се случи, и ги испрати во Јопа.\n27 Петар доаѓа кај Корнелиус\n<sup>9</sup>Утредента, околу пладне, додека гласниците на Корнелие патуваа и се приближуваа накај градот, Петар се качи на рамниот покрив за да се моли.\n<sup>10</sup>Кога огладне, посака нешто да јаде. Додека му го подготвуваа јадењето, тој падна во занес<sup>11</sup>и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња,\n<sup>12</sup>а во него имаше секаков вид четириножни животни, лазачи и птици.\n<sup>13</sup>Тогаш слушна глас: „Петре! Стани, коли и јади!“\n<sup>14</sup><Никако Господи! Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони !“ - одговори Петар.\n<sup>15</sup>Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го очистил!“\n<sup>16</sup>Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.\n<sup>17</sup>Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение. Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелие, кои прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата,\n<sup>18</sup>прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.\n<sup>19</sup>Додека Петар уште размислуваше за видението што го имаше, Светиот Дух му рече: „Те бараат тројца мажи.\n<sup>20</sup>Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“\n<sup>21</sup>Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“\n<sup>22</sup>Тие му одговорија: „Нѐ испрати офицерот Корнелие. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“\n<sup>23</sup>Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.\n<sup>24</sup>Следниот ден, стигнаа во Цезареа. Таму го чекаше Корнелие, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.\n<sup>25</sup>Кога Петар влегуваше, Корнелие падна пред него, искажувајќи му така длабока почит.\n<sup>26</sup>Петар го крена и му рече: „Стани! И јас сум само човек, како што си и ти.“\n<sup>27</sup>Корнелие стана, а Петар почна да му зборува. Кога влегоа внатре Петар виде голем број собрани луѓе.\n<sup>28</sup>Тогаш Петар им рече: „Вие знаете дека е спротивно на еврејските закони да се дружам со неевреи и да доаѓам кај нив. Но Бог ми покажа дека никого не треба да го сметам за гнасен и нечист.\n<sup>29</sup>Затоа, без да се противам, се одѕвав на вашата покана. А сега да ве прашам: Зошто ме повикавте?“\n<sup>30</sup>Корнелие му одговори: „Пред четири дена, во три часот попладне, се молев во својата куќа, кога одненадеж пред мене застана еден човек во блескава облека,\n<sup>31</sup>и ми рече: >Корнелие, Бог ги услиши твоите молитви и си спомна за твојата дарежливост спрема сиромашните.\n<sup>32</sup>Испрати гласници во Јопа да го повикаат човекот што го викаат Петар, кој престојува во куќата на кожарот Симон, близу до морскиот брег!'\n<sup>33</sup>Затоа веднаш испратив по тебе и ти добро направи што дојде. Еве нѐ сега сите нас, собрани овде пред Бог, за да слушнеме што сѐ ти е доверено од Господ.“\n28 Петровата проповед во домот на Корнелие\n<sup>34</sup>Тогаш Петар почна да зборува: „Сега сфаќам дека Бог навистина не е пристрасен кон никого,\n<sup>35</sup>туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа.\n<sup>36</sup>Вие ја знаете пораката што им ја упати на Израелците, нудејќи им Радосна вест за помирување преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.\n<sup>37</sup>Знаете што сѐ се случуваше во Јудеја, почнувајќи од Галилеја, откако Јован Крстител почна да проповеда дека секој треба да се крсти.\n<sup>38</sup>Потоа Бог Го помаза Исус од Назарет со Светиот Дух и Му даде сила. Исус цел живот правеше добрини и ги исцелуваше сите што беа угнетени од ѓаволот, зашто Бог беше со Него.\n<sup>39</sup>А ние, апостолите, сме сведоци за сѐ што Тој направи во земјата на Евреите и во Ерусалим. Него Го убија, Го распнаа на крст.\n<sup>40</sup>Но на третиот ден, Бог Го воскресна, Му овозможи да се појави,\n<sup>41</sup>не на сите луѓе, туку само на сведоците што Бог ги беше одбрал од порано, односно нам што јадевме и пиевме со Него откако Тој воскресна од мртвите.\n<sup>42</sup>Тој ни заповеда да им проповедаме и да ги уверуваме луѓето дека Исус е Судијата назначен од Бог, и Тој ќе им суди и на живите, и на мртвите.\n<sup>43</sup>Сите пророци зборуваа за Исус и навестија дека на сите што веруваат во Него им се простуваат гревовите преку вера во Неговото име.“\n29 Примањето на Светиот Дух и крштавањето на првите неевреи\n<sup>44</sup>Додека Петар зборуваше, Светиот Дух слезе врз сите што ја слушаа пораката.\n<sup>45</sup>Христијаните од еврејско потекло кои го придружуваа Петар, се изненадија кога видоа дека Светиот Дух и духовните дарови им беа дадени и на луѓе што не се Евреи.\n<sup>46</sup>Тука, пред нивни очи, ги слушаа како зборуваат на туѓи јазици и Го прославуваат Бога.\nТогаш Петар рече.\n<sup>47</sup><Може ли некој да не им дозволи на овие луѓе да се крстат во вода, кога тие Го примија Светиот Дух исто како и ние!?“\n<sup>48</sup>Така Петар им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив уште неколку дена.\n= Глава 11 =\n30 Петар ги урива еврејските предрасуди\n<sup>1</sup>Апостолите и другите христијани во Јудеја разбраа дека и неевреите ја прифатиле Божјата порака.\n<sup>2</sup>Кога Петар се врати горе, во Ерусалим, некои од Евреите - христијани почнаа да му приговараат:\n<sup>3</sup>велејќи му: „Си влегол во куќа полна со необрежани луѓе и си јадел со нив!“\n<sup>4</sup>Тогаш Петар почна да им објаснува што се случи, и им рече:\n<sup>5</sup><Бев во градот Јопа. Додека се молев, паднав во занес и имав видение: нешто како големо ленено платно врзано за ќошињата се спушти од небото и дојде до мене.\n<sup>6</sup>Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, лазачи и птици.\n<sup>7</sup>Потоа слушнав глас: >Петар! Стани, коли и јади!'\n<sup>8</sup>Јас одговорив: >Никако Господи, зашто она што е забрането да се јаде според еврејските закони никогаш не влегло во мојата уста!'\n<sup>9</sup>Гласот од небото по вторпат ми проговори: >Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го очистил!'\n<sup>10</sup>Тоа се случи трипати и потоа платното со животните се врати на небото.\n<sup>11</sup>Веднаш потоа, пред куќата во која престојував, се појавија тројца мажи од Цезареа. Тие беа испратени по мене.\n<sup>12</sup>Светиот Дух ми рече да одам со нив, без да се двоумам. Со мене појдоа и шестмина христијани. Заедно отидовме во домот на човекот што ме повика.\n<sup>13</sup>Тој ни раскажа како во својот дом видел ангел, кој му рекол: >Испрати луѓе во Јопа и викни го Симон, кого уште го викаат Петар.\n<sup>14</sup>Тој ќе ти каже како да се спасите ти и сите што живеат во твојот дом.'\n<sup>15</sup>Тукушто почнав да зборувам, Светиот Дух слезе врз нив, исто како што слезе и врз нас на почетокот.\n<sup>16</sup>Тогаш се сетив на она што Господ ни го рече: >Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.'\n<sup>17</sup>Ако Бог, им го даде истиот дар како и нам, кога и тие поверуваа во Исус Христос, кој сум јас да Му се противставувам на Бог!?“\n<sup>18</sup>Кога го слушнаа ова, престанаа да негодуваат и Го прославија Бога, велејќи: „Значи и на неевреите Бог им даде можност да се покаат и да добијат вечен живот!“\n== Зачетоци на Црква во сириска Антиохија\nВоведување на името >христијани' ==\n<sup>19</sup>Во меѓувреме, христијаните што се беа распрснале поради прогонствата што настапија по убиството на Стефан, и беа стигнале до Феникија, Кипар и Антиохија, не им ја проповедаа Радосната вест на другите народи, туку само на Евреите.\n<sup>20</sup>Имаше само неколкумина од Кипар и Кирена, кои, откако стигнаа во Антиохија, и им проповедаа и на Грците дека Исус е Господ.\n<sup>21</sup>Силата Господова беше со нив и голем број поверуваа и се обратија кон Господ.\n<sup>22</sup>Кога за ова слушнаа луѓето од ерусалимската црква, го испратија Барнаба во Антиохија.\n<sup>23</sup>Тој дојде и, восхитен од Божјата благонаклоност се радуваше и ги охрабруваше сите да Му останат верни и посветени на Господ.\n<sup>24</sup>Барнаба беше добар човек, исполнет со Светиот Дух и со силна вера. Тогаш голем број луѓе се приклонија кон Господ.\n<sup>25</sup>Потоа Барнаба замина за Тарс да го бара Саул,\n<sup>26</sup>па кога го најде, го доведе во Антиохија. Цела една година останаа таму. Се собираа во црквата и поучуваа многу народ. Токму во Антиохија следбениците на Христос за прв пат ги нарекоа христијани.\n<sup>27</sup>Во тоа време од Ерусалим во Антиохија дојдоа неколку пророци.\n<sup>28</sup>Еден од нив по име Агав претскажа преку Светиот Дух дека по целото римско царство ќе настапи голем глад. Тоа навистина и се случи во времето на Клаудие.\n<sup>29</sup>Тогаш христијаните во Антиохија решија секој, според своите можности, да им испрати помош на христијаните во Јудеја.\n<sup>30</sup>Така и направија, испраќајќи ја помошта до тамошните старешини, преку Барнаба и Саул.\n= Глава 12 =\n31 Убиството на Јаков и апсењето на Петар\n<sup>1</sup>Во тоа време, царот Ирод Агрипа им зададе многу маки на неколку припадници на Црквата.\n<sup>2</sup>Со меч го погуби апостолот Јаков, братот на Јован.\n<sup>3</sup>Кога виде дека со тоа им угодува на Еврејските челници, го уапси и Петар, и тоа за време на празникот Бесквасници.\n<sup>4</sup>Го фати Петра, го затвори и нареди четири групи од по четири војници да го чуваат, а по Пасхата да го изведе на јавно судење пред народот.\n<sup>5</sup>Додека Петар беше в затвор, целата Црква усрдно Му се молеше на Бог за него.\n32 Петар на чудотворен начин излегува од затворот\n<sup>6</sup>Ноќта, пред Ирод да го изведе на суд, Петар спиеше меѓу двајца војници, врзан со два синџира, а пред вратата на затворот стоеше стража.\n<sup>7</sup>Одеднаш, ангел Господов му пријде и светлина болсна во ќелијата. Го потчукна по рамото и го разбуди, велејќи му: „Станувај брзо!“ Тогаш ланците паднаа од неговите раце,\n<sup>8</sup>а ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги сандалите!“ Петар го послуша. Потоа му рече: „Облечи си ја наметката и врви по мене!“\n<sup>9</sup>Така Петар излезе од затворот, следејќи го ангелот, и не беше свесен дека тоа што се случува е на јаве, туку мислеше дека сонува.\n<sup>10</sup>Ја поминаа првата стража, ја поминаа и втората стража, дојдоа пред железната градска порта и таа сама им се отвори, па излегоа и тргнаа по една улица. Тогаш ангелот исчезна.\n<sup>11</sup>А кога Петар, дојде на себеси, рече: „Сега се уверив дека Господ навистина испрати Свој ангел да ме избави од Ирод и од она што сакаа да ми го сторат Евреите!“\n<sup>12</sup>Потоа Петар се упати кон куќата на Марија, мајката на Јован, со прекар Марко. Таму имаше многу христијани собрани на молитва.\n<sup>13</sup>Чукна на портата. Дојде слугинката по име Рода\n<sup>14</sup>и кога му го позна гласот, од радост не му отвори, туку втрча во куќата и им кажа дека Петар стои пред портата.\n<sup>15</sup><Ти не си при себе!“ - ѝ рекоа луѓето, но таа упорно тврдеше дека ја зборува вистината. „Тоа мора да е неговиот ангел!“ - велеа тие.\n<sup>16</sup>Петар продолжуваше да чука и кога конечно му отворија и го видоа, се стаписаа!\n<sup>17</sup>Им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од затворот, па додаде: „Јавете му за ова на Јаков и на другите браќа - христијани.“ Потоа Петар си замина и отиде на друго место.\n<sup>18</sup>Кога се раздени, настана паника меѓу војниците. Не знаеја што се случило со Петар!\n<sup>19</sup>Ирод испрати потера, но не го најде. Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат.\nПотоа Ирод ја напушти Јудеја и времено се пресели во Цезареа.\n33 Смртта на Ирод Агрипа\n<sup>20</sup>Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон. Тие се здружија, испратија кај него делегација. Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод.\n<sup>21</sup>На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ.\n<sup>22</sup>Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“\n<sup>23</sup>Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог. Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре.\n<sup>24</sup>А Божјата порака сѐ пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше.\n<sup>25</sup>Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Саул се вратија во Антиохија. Со себе го зедоа Јован, со прекар Марко.\n= Глава 13 =\n34 ПРВОТО МИСОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА ПАВЛЕ\n<sup>1</sup>Меѓу пророците и учителите во антиохиската црква беа и Барнаба, Симеон наречен >Црни', Луцие од Кирена, Менахем, кој беше израснал со царот Ирод, и Саул.\n<sup>2</sup>Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: „Одвојте ми ги Барнаба и Саул за една посебна задача што сакам да им ја доверам!“\n<sup>3</sup>Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија.\n35 1) Мисија во Кипар\n<sup>4</sup>Саул и Барнаба, испратени од Светиот Дух, слегоа во пристаништето Селеукија, а оттаму отпловија за островот Кипар.\n<sup>5</sup>Таму, во градот Саламис, одеа по еврејските синагоги и ја проповедаа Божјата порака. Со нив, како помошник, беше и Јован, со прекар Марко.\n<sup>6</sup>Го поминаа целиот остров, сѐ до гратчето Пафос. Таму сретнаа еден човек по име Бар-Исус. Тој се бавеше со магии и лажно им се претставуваше на Евреите како Божји пророк.\n<sup>7</sup>Од друга страна, тој му беше пријател на Сергие Павле, управник на островот. Управникот беше разумен човек, па ги покани Барнаба и Саул, сакајќи од нив да ја слушне Божјата порака.\n<sup>8</sup>Маѓесникот Елимас (така го викаа на грчки), им се спротивстави, настојувајќи да го спречи управникот да стане христијанин.\n<sup>9</sup>Тогаш Саул, познат и како Павле, се исполни со Светиот Дух, го погледна маѓесникот в очи\n<sup>10</sup>и му рече: „Човеку, ти си полн со измами и лукавствства! \\аволски син си, непријател на сѐ што е праведно! Нема ли да престанеш да лажеш и да тврдиш дека твоите лаги се вистинските патишта Господови!?\n<sup>11</sup>Еве, сега раката Господова ќе те казни: ќе ослепиш и извесно време нема да гледаш!“\nМаѓесникот веднаш ослепе и талкаше наоколку, молејќи се некој да го фати за рака и да го води.\n<sup>12</sup>Кога управникот виде што се случи, поверува, а она што го научи за Господ му остави силен впечаток.\n36 2) Апостолот Павле проповеда во писидиска Антиохија\n<sup>13</sup>Потоа Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа во пристаништето Перга, во областа Памфилија. Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.\n<sup>14</sup>Барнаба и Павле заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија, град во областа Писидија.\nВо еден саботен ден влегоа во една синагога и седнаа.\n<sup>15</sup>Откако заврши вообичаеното читање од Мојсеевите книги и од книгите на Пророците, водачите на синагогата ги поканија: „Браќа, ако имате некаква порака за народот, излезете и зборувајте!“\n<sup>16</sup>Тогаш Павле стана, ја подигна раката за да престанат да зборуваат, па рече:\n<Луѓе, Израелци и сите вие што имате страхопочит спрема Бог, слушнете!\n<sup>17</sup>Израелскиот Бог, ги одбра нашите предци и го издигна нашиот народ во времето кога беше во Египет, и победоносно го изведе оттаму.\n<sup>18</sup>Речиси четириесет години се грижеше за нив во пустината.\n<sup>19</sup>Уништи седум народи во Канаанската земја и нивната земја им ја даде на Израелците.\n<sup>20</sup>Тоа траеше околу четиристотини и педесет години. Потоа со Израелците управуваа судии, сѐ до времето на пророкот Самоил.\n<sup>21</sup>Тогаш народот побара од Бог да им постави цар и Бог им го посочи Саул, синот на Киш, од племето Бинјамин. Тој владееше четириесет години.\n<sup>22</sup>Потоа Бог го отстрани Саул и го издигна за цар Давид, за кого со благонаклоност рече: >Давид, синот на Јишај, е човек по мерак на Моето срце. Тој ќе исполни сѐ што ќе побарам од него!'\n<sup>23</sup>Исполнувајќи го Своето ветување, Бог му подигна Спасител на израелскиот народ. Тоа е Исус.\n<sup>24</sup>Пред да се појави Исус, Јован Крстител на Израелците им проповедаше да се вратат кон Бог и да се крстат.\n<sup>25</sup>Кога Јован ја завршуваше својата мисија им рече на луѓето: >Немојте да мислите дека јас сум Месијата, зашто не сум! Но Тој доаѓа веднаш по мене, и јас не сум достоен ни сандалите на нозете да Му ги одврзам!'\n<sup>26</sup>Луѓе, браќа, потомци на Авраам и сите вие што имаат страхопочит спрема Бог, оваа порака за спасение е испратена до сите нас!\n<sup>27</sup>Жителите на Ерусалим и нивните водачи не сфатија Кој е Исус, иако секоја сабота читаат од книгите на Пророците. Осудувајќи Го на смрт, тие го исполнија она што го претскажаа пророците.\n<sup>28</sup>Иако не му најдоа никаква вина за да Го осудат на смрт, тие инсистираа кај Пилат Исус да биде погубен.\n<sup>29</sup>Откако преку нив се исполнија сите пророштва поврзани со смртта на Месијата, тие Го симнаа од крстот и Го положија во гробница.\n<sup>30</sup>Но Бог Го воскресна од мртвите!\n<sup>31</sup>Потоа, со денови им се појавуваше на оние што дојдоа со Него од Галилеја во Ерусалим. Сега тие се Негови сведоци пред Израелскиот народ.\n<sup>32</sup>Барнаба и јас сме сега дојдени да ви пренесеме Радосна вест: Ветувањето што Бог им го беше дал на нашите предци\n<sup>33</sup>го исполни пред нас, нивните деца, кога Го воскресна Исуса! Имено, во вториот псалм Бог вели во врска со Исус:\n>Ти си Мојот Син,\nденес станав Твој Татко.'\n<sup>34</sup>Понатаму, Бог вети дека ќе Го воскресне Исуса од мртвите и дека никогаш повеќе нема да умре. Тоа е запишано со следниве зборови:\n>Тебе ќе ти го дадам\nСветиот благослов што му го ветив на Давид.'\n<sup>35</sup>Во еден друг псалм, појаснува:\n>Ти нема да дозволиш\nТвојот Светец да скапува во гробот.'\n<sup>36</sup>Ова ветување не се однесуваше на Давид, зашто Тој, откако ја изврши Божјата мисија меѓу своите современици, почина и беше прибран кај своите предци, а неговото тело се распадна.\n<sup>37</sup>Ова се однесуваше на некој друг, на Оној Кого Бог Го воскресна, на Исус. Тој не остана во гробот, Неговото тело не се распадна.\n<sup>38</sup>Затоа браќа мои, Радосната вест гласи дека само преку Исус може да ви се простат гревовите! Тој може да го стори она што не е можно да се постигне со придржување кон Мојсеевиот закон.\n<sup>39</sup>На секој што верува во Него, ќе му се прости вината, ќе биде оправдан пред Бог! Ова е нешто што не можеше да се добие преку придржување кон Мојсеевиот Закон.\n<sup>40</sup>Затоа внимавајте да не ве снајде она што е претскажано од пророците:\n<sup>41</sup>>Гледајте, вие подбивачи!\nСтаписајте се и изгинете,\nзашто она што го правам во вашите дни,\nнемаше да го верувате\nако некој ви го раскажуваше!'“\n<sup>42</sup>На излегување, луѓето ги молеа и идната сабота да им проповедаат за ова.\n<sup>43</sup>Кога се разотидоа, многу Евреи и прозелити тргнаа по Павле и Барнаба, кои им зборуваа и ги охрабруваа да Му останат верни на Бог, чија благонаклоност се излеа над нив.\n37 Павле се свртува кон неевреите\n<sup>44</sup>Следната сабота речиси целиот град се собра да ја слуша пораката Господова.\n<sup>45</sup>Кога еврејските челници видоа колку многу народ се насобра, се исполнија со завист. Почнаа да го навредуваат Павле и да му се противат на сѐ што ќе речеше.\n<sup>46</sup>Но Павле и Барнаба, решително и смело им рекоа: „Нормално беше Божјото слово да ви се проповеда прво на вас, Евреите. Но вие го одбивате, и покажувате дека не сте достојни за вечен живот; затоа сега ние се свртуваме кон другите народи.\n<sup>47</sup>Самиот Господ вака ни нареди:\n>Ве поставувам да им бидете светлина на нееврејските народи,\nда го однесете спасението, до краевите на земјата!'“\n<sup>48</sup>Слушајќи го ова, луѓето од нееврејско потекло се радуваа и Му благодареа на Господ за она што го слушаа. Тогаш сите што беа предодредени за вечен живот, поверуваа.\n<sup>49</sup>Така пораката Господова се ширеше низ целата област.\n<sup>50</sup>Тогаш еврејските челници ги подбуцнаа поистакнатите религиозни жени и градските водачи, кои се кренаа против Павле и Барнаба и ги истераа од нивната област.\n<sup>51</sup>Павле и Барнаба ја истресоа правта од стапалата и отидоа во градот Иконија,\n<sup>52</sup>а христијаните беа полни со радост и со Светиот Дух.\n= Глава 14 =\n38 3) Павле и Барнаба проповедаат во Иконија\n<sup>1</sup>Павле и Бранаба влегоа заедно во синагогата во градот Иконија и проповедаа со таква сила, што голем број и Евреи и неевреи ја прифатија христијанската вера.\n<sup>2</sup>Но оние Евреи што не поверуваа, ги подбуцнуваа луѓето од другите народи да не ги слушаат Павла и Барнаба.\n<sup>3</sup>И покрај тоа, апостолите долго време останаа таму и смело зборуваа за Господ, а Господ им даваше сила да прават чуда и видливи докази, поткрепувајќи ја така веродостојноста на Пораката за Неговата огромна благонаклоност.\n<sup>4</sup>Народот во градот беше поделен. Едни беа со Евреите - противници, а други со апостолите.\n<sup>5</sup>Кога работата дојде до таму, што противниците од Евреите и од другите народи, предводени од своите водачи, решија да ги нападнат и да ги каменуваат,\n<sup>6</sup>апостолите избегаа кон областа Ликаонија, накај градовите Листра, Дерба и околните села.\n<sup>7</sup>Таму продолжија да ја проповедаат Радосната вест.\n39 4) Павле и Барнаба во Листра: од обожавање до каменување!\n<sup>8</sup>Во градот Листра имаше еден човек со заболени нозе. Беше сакат во нозете уште од раѓање, постојано седеше и никогаш не беше проодел.\n<sup>9</sup>Додека апостолот Павле проповедаше, тој човек слушаше. Павле го забележа и кога виде дека во него има вера за да биде исцелен,\n<sup>10</sup>гласно му рече: „Стани, исправи се на своите нозе!“ Човекот скокна и прооде!\n<sup>11</sup>Кога луѓето видоа што направи Павле, почнаа силно да извикуваат, на ликаонски говор: „Боговите зеле човечки тела и слегле кај нас!“\n<sup>12</sup>Почнаа Барнаба да го викааат Зевс, а Павле - Хермес, зашто тој беше главниот говорник.\n<sup>13</sup>Свештеникот во храмот на Зевс, кој се наоѓаше пред градот, доведе бикови, донесе венци од цвеќиња пред градските портите и заедно со целиот народ сакаше да им принесе жртви на апостолите.\n<sup>14</sup>Кога слушнаа за ова апостолите Барнаба и Павле, ги раскинаа своите наметки и потрчаа накај народот, викајќи:\n<sup>15</sup><Луѓе, што правите!? И ние сме обични луѓе, како вас! Сакаме да ви објавиме Радосна вест: оставете ги овие безвредни обреди и свртете се кон Живиот Бог! Тој ги создаде небото и Земјата, морето и сѐ што е во нив!\n<sup>16</sup>Во минатото, Тој им дозволи на сите народи да одат по сопствените патишта.\n<sup>17</sup>Сепак никогаш не ги остави без сведоштво за себеси, правејќи за нив добродетелства, давајќи им дожд и плодни годишни времиња, давајќи им храна и исполнувајќи ги нивните срца со радост.“\n<sup>18</sup>Дури и откако им го рекоа ова, одвај ги убедија луѓето да не им принесуваат жртви.\n<sup>19</sup>Тогаш од Антиохија и од Иконија пристигнаа неколку Евреи, кои го подбуцнаа народот, да го каменуваат Павла. Потоа го исфрлија надвор од градот, сметајќи го за мртов.\n<sup>20</sup>Но кога тамошните христијани се собраа околу него, тој стана и се врати во градот. Утредента Павле и Барнаба заминаа за Дерба.\n40 Довршување на првото мисионерско патување: Павле и Барнаба се враќаат во сириска Антиохија\n<sup>21</sup>Откако во тој град ја проповедаа Радосната вест и придобија многу следбеници, апостолите Павле и Барнаба се вратија најпрвин во Листра, а потоа и во Иконија и писидиска Антиохија,\n<sup>22</sup>за да ги охрабрат христовите следбеници, давајќи им поттик да истраат во верата, учејќи ги дека пред да стасаме во Божјото царство ќе треба да минеме низ многу неволи.\n<sup>23</sup>Во секоја црква поставија старешини, откако постеа и се молеа, а потоа ги предадоа во рацете на Господ, во Кого поверуваа, Тој да се грижи за нив.\n<sup>24</sup>Потоа преку Писидија, се вратија во областа Памфилија.\n<sup>25</sup>Уште еднаш проповедаа во Перга, а оттаму заминаа за Аталија\n<sup>26</sup>откаде со брод се вратија во сириска Антиохија, град од којшто и го започнаа првото мисионерско патување, со доверба дека Божјата благонаклоност ќе ги води во извршувањето на работата. Таа задача сега беше успешно завршена.\n<sup>27</sup>Кога пристигнаа во Антиохија, ја собраа целата црква, им раскажаа за сѐ што Бог направи преку нив, и како и на нееврејските народи им ја отвори вратата на верата.\n<sup>28</sup>Тука останаа подолго време со тамошните христијани.\n= Глава 15 =\n41 Расправија во Антиохија околу обрежувањето\n<sup>1</sup>Во времето додека Павле и Барнаба беа во сириска Антиохија, имаше неколку луѓе дојдени од Јудеја што им говореа на новообратените христијани од нееврејско потекло, дека ако не се обрежани според обичајот оставен од Мојсеј, не можат да бидат спасени.\n<sup>2</sup>Павле и Барнаба не се согласија со ова, па дојде до голема расправија. Затоа се договорија, Павле, Барнаба и неколкумина од нив да појдат кај апостолите и старешините во Ерусалим и да се посоветуваат во врска со ова прашање.\n<sup>3</sup>Така испратени на пат од црквата минуваа низ Феникија и Самарија, и патем застануваа да ги посетат христијаните. Во текот на тие посети подробно им раскажуваа како и луѓе што не се Евреи, се обраќаат кон Бог. Со тоа многу ги израдуваа тамошните христијани.\n42 Апостолскиот Собор во Ерусалим\n<sup>4</sup>Кога Павле и Барнаба стигнаа во Ерусалим, беа примени од тамошната црква, од апостолите и старешините. Им раскажаа за сѐ што Бог направи преку нив.\n<sup>5</sup>Но станаа неколкумина што порано биле фарисеи, а сега беа христијани, па рекоа дека е неопходно сите новообратени што не се Евреи да се обрежат и да им се нареди да го спроведуваат Мојсеевиот Закон.\n<sup>6</sup>Апостолите и старешините се собраа, за да го разгледаат ова прашање.\n<sup>7</sup>По една долга расправа, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека уште од првите денови Бог избра другите народи токму од мојата уста да ја слушнат Радосната вест и да поверуваат.\n<sup>8</sup>Бог, Кој ги познава човечките срца, потврди дека ги прифаќа и неевреите со тоа што им го даде Светиот Дух, како и нам.\n<sup>9</sup>Тој не направи никаква разлика меѓу нас и нив. Ги очисти и нивните срца преку вера.\n<sup>10</sup>Зошто сега вие не го прифаќате начинот што Бог го одбра и врз вратовите на нееврејските христијани ставате јарем, кој ниту нашите предци, ниту ние не можевме да го носиме?\n<sup>11</sup>Ние веруваме дека спасението и за нас и за нив е преку дарежливата благонаклоност на Господ Исус.“\n<sup>12</sup>Тогаш сите што беа собрани замолкнаа и ги слушаа Барнаба и Павле како раскажуваат за многубројните видливи докази и чуда што Бог ги направи преку нив меѓу нееврејските народи.\n<sup>13</sup>После нив проговори Јаков: „Луѓе, браќа, слушнете што ќе ви кажам!\n<sup>14</sup>Симон Петар ви објасни како Самиот Бог најнапред се погрижи да придобие Свои луѓе и од другите, нееврејски народи.\n<sup>15</sup>Тоа е во согласност со претскажувањата на пророците, кои ги запишале Божјите зборови:\n<sup>16</sup>>Подоцна ќе се вратам\nи ќе го обновам паднатиот шатор на Давид,\nурнатините ќе ги поправам\nи повторно ќе ги кренам,\n<sup>17</sup>така што остатокот од човештвото, меѓу кои се\nи сите нееврејски народи\nкои Јас сум ги повикал да бидат Мои,\nќе можаат да Го најдат Господа.'-\nВака рече Господ,\n<sup>18</sup>Кој уште пред векови\nни ги објави овие нешта.\n<sup>19</sup>Затоа јас сметам дека не треба да им отежнуваме на луѓето од нееврејско потекло кои решиле да се свртат кон Бог.\n<sup>20</sup>Да им напишеме само да не јадат месо што е принесено како жртва на идоли, да се пазат од блуд, да не јадат удавени животни и да не консумираат крв.\n<sup>21</sup>Зашто овие закони од Мојсеј, се проповедаат секоја сабота по еврејските синагоги во сите градови.“\n43 Писмо до христијаните од нееврејските народи\n<sup>22</sup>Тогаш апостолите, старешините и целата црква во Ерусалим решија да изберат луѓе и да ги испратат во сириска Антиохија, заедно со Павле и Барнаба за да им ја пренесат оваа одлука. Одбраа двајца од водачите на црквата: Јуда, наречен Барсаба, и Сила.\n<sup>23</sup>Ним им го предадоа следното писмо:\n<Од апостолите и старешините, ваши браќа од Ерусалим,\nдо христијаните од нееврејско потекло во Антиохија, Сирија и Киликија.\nПоздрави до вас!\n<sup>24</sup>Слушнавме дека кај вас дошле луѓе од овде и без да добијат од нас никакви упатства, ви издавале разни заповеди, со што многу ве вознемириле.\n<sup>25</sup>Затоа, откако постигнавме согласност по ова прашање, избравме луѓе што ќе ги испратиме кај вас, заедно со нашите сакани Барнаба и Павле,\n<sup>26</sup>луѓе што Му ги посветиле своите животи на нашиот Господ Исус Христос.\n<sup>27</sup>Ги испраќаме Јуда и Сила, кои и усмено ќе ви го објаснат ова што ви го пишуваме.\n<sup>28</sup>Светиот Дух и ние решивме да не ве оптоваруваме со други бремиња, освен со овие неколку нешта, што се неопходни:\n<sup>29</sup>да не јадете месо што е принесено како жртва на идоли, да не консумирате крв, да не јадете задавени животни и да се пазите од блуд. Доволно е да се придржувате до овие упатства.\nБидете поздравени!“\n<sup>30</sup>Така четворицата испратени заминаа за сириска Антиохија. Таму свикаа собрание на сите христијани и им го предадоа писмото.\n<sup>31</sup>Луѓето го прочитаа и многу ѝ се израдуваа на неговата содржина.\n<sup>32</sup>А Јуда и Сила, обајцата Божји пророци, долго им зборуваа на христијаните, охрабрувајќи ги и зајакнувајќи им ја верата.\n<sup>33</sup>Поминаа со нив извесно време, а потоа со благослов од христијаните се вратија во Ерусалим кај оние што ги испратија.\n<sup>34</sup><sup>35</sup>Павле и Барнаба останаа во Антиохија, каде што заедно со многу други луѓе поучуваа и ја проповедаа пораката од Господ.\n44 Павле и Барнаба се разделуваат\n<sup>36</sup>По извесно време Павле му рече на Барнаба: „Ајде да се вратиме и повторно да ги посетиме христијаните по сите градови каде што ја проповедавме пораката од Господ, за да видиме како се.“\n<sup>37</sup>Барнаба се согласи, но продолжи да го поведат со себе и Јован, со прекар Марко.\n<sup>38</sup>Меѓутоа, Павле сметаше дека не треба да водат со себе, човек што веќе еднаш ги остави во Памфилија и се повлече од работата.\n<sup>39</sup>Несогласувањето беше толку остро што тие се разделија. Барнаба, го зеде со себе Марко и тие отпловија за Кипар.\n<sup>40</sup>Павле пак, го зеде со себе Сила, и заедно тргнаа на пат, откако верните се помолија Господ да им биде благонаклонет.\n<sup>41</sup>Така тие пропатуваа низ Сирија и Киликија, и по сите цркви ги охрабруваа христијаните.\n= Глава 16 =\n45 ВТОРОТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА АПОСТОЛОТ ПАВЛЕ\n<sup>1</sup>Павле и Сила пристигнаа прво во Дерба, а оттаму и во Листра. Таму имаше еден млад Христов следбеник по име Тимотеј. Неговата мајка веруваше во Господ. Таа беше Еврејка, а татко му беше Грк.\n<sup>2</sup>Тимотеј уживаше голем углед меѓу верниците во Листра и Иконија.\n<sup>3</sup>Павле реши да го поведе со себе. Заради Евреите што живееја во тој град, уреди Тимотеј да биде обрежан пред да тргнат на пат, зашто сите знаеја дека неговиот татко беше Грк.\n<sup>4</sup>Како што одеа од град во град, им ги пренесуваа на христијаните уредбите до кои треба да се придржуваат според решението на апостолите и старешините во Ерусалим.\n<sup>5</sup>Така црквите стануваа сѐ посилни во верата, а и нивниот бројот секојдневно се зголемуваше.\n46 Павле добива повик од Македонија\n<sup>6</sup>Тие патуваа низ областите Фригија и Галатија, бидејќи Светиот Дух не им дозволуваше да одат и да проповедаат во областа Азија.\n<sup>7</sup>Пристигнаа до границите на областа Мизија и сакаа да се упатат накај областа Битинија, но Духот на Исус не им дозволи.\n<sup>8</sup>Минувајќи низ Мизија, слегоа до градот Троада.\n<sup>9</sup>Во текот на ноќта, Павле имаше видение: Еден Македонец, стоеше пред него и го молеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“\n<sup>10</sup>По тоа негово видение, ние веднаш се упативме накај Македонија, сфаќајќи дека Бог нѐ повикува таму да ја проповедаме Радосната вест.\n47 2) Во градот Филипи: обраќањето на Лидија\n<sup>11</sup>Отпловивме од Троада и се упативме накај островот Самотраки, а следниот ден пристигнавме во пристаништето Неаполис.\n<sup>12</sup>Оттаму заминавме за Филипи, важен град во областа Македонија. Тој град беше римска колонија. Таму останавме неколку дена.\n<sup>13</sup>Во еден саботен ден излеговме од портите на градот покрај една река, каде што претпоставувавме дека им е местото за молитва. Седнавме и позборувавме со неколку жени што беа дојдени на тоа место.\n<sup>14</sup>Меѓу нив имаше една жена по име Лидија од градот Тијатир. Таа се занимаваше со продавање на скапоцени пурпурни ткаенини. Лидија веруваше во Бог. Додека нѐ слушаше, Господ ѝ го отвори срцето и таа го прифати она што го зборуваше Павле.\n<sup>15</sup>Откако таа и нејзините домашни се крстија, упорно нѐ канеше да бидеме нејзини гости: „Ако сметате дека имам вера во Господ, дојдете и останете во мојот дом додека престојувате во овој град.“ Така нѐ убеди и останавме.\n48 Павле и Сила в затвор\n<sup>16</sup>Еден ден, додека одевме на тоа место за молитва, нѐ сретна една робинка која се бавеше со вражање. Таа со своето вражање им носеше многу пари на своите господари.\n<sup>17</sup>Тргна по Павле и по нас, и почна да вика: „Овие луѓе Му се службеници на Севишниот Бог! Тие се дојдени да ви кажат како можете да се спасите!“\n<sup>18</sup>Тоа го правеше со денови, па кога на Павле му досади, се сврте кон духот што ја обземаше девојката, и му рече: „Ти наредувам во името на Исус Христос да излезеш од неа!“ Во истиот час вражачкиот дух излезе од неа.\n<sup>19</sup>Нејзините господари сфатија дека згасна нивниот извор на приходи, па ги фатија Павле и Сила, и ги одвлечкаа на пазариштето, пред градските власти.\n<sup>20</sup>Ги изведоа пред судиите и почнаа да викаат: „Овие Евреи го вознемируваат целиот град!\n<sup>21</sup>Тие проповедаат обичаи кои за нас Римјаните се неприфатливи!“\n<sup>22</sup>Против Павле и Сила веднаш нагрвали толпа народ, а судиите наредија да им ги соблечат горните облеки и да ги тепаат со стапови.\n<sup>23</sup>Откако сурово ги претепаа, ги фрлија в затвор и му наредија на чуварот добро да внимава на нив.\n<sup>24</sup>Чуварот ја спроведе наредбата, ги фрли во најдлабокиот дел од затворот и им ги стегна нозете во пранги.\n<sup>25</sup>Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.\n<sup>26</sup>Одеднаш силен земјотрес ги измести темелите на затворот; сите врати се отворија и прангите на сите затвореници им паднаа од нозете.\n<sup>27</sup>Чуварот се разбуди и кога виде дека вратите на затворот се отворени, го извади мечот за да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.\n<sup>28</sup>Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш! Сите сме овде!“\n<sup>29</sup>Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила.\n<sup>30</sup>Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“\n<sup>31</sup>Тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!“\n<sup>32</sup>Потоа тие нему и на сите што беа во неговиот дом им проповедаа за Господ,\n<sup>33</sup>а тој, уште ноќта, им ги изми раните и не чекајќи ниту миг беше крстен, и тој и сите негови домашни.\n<sup>34</sup>Ги одведе горе, во својата куќа, постави пред нив трпеза, па тој и сите негови домашни многу се радуваа што поверуваа во Бог.\n<sup>35</sup>Кога се раздени градските судиите испратија службеници да му речат на чуварот: „Ослободи ги тие луѓе!“\n<sup>36</sup>Чуварот му ги пренесе овие зборови на Павле: „Судиите ми наредија да ве ослободам, затоа слободно одете си.“\n<sup>37</sup>Меѓутоа Павле, им одговори: „Ние сме римски граѓани, а властите наредија јавно да нѐ тепаат, без да ни се суди. Потоа нѐ затворија. Зар сега сакаат тајно да нѐ ослободат? Не може така! Нека дојдат судиите и тие лично нека нѐ ослободат!“\n<sup>38</sup>Службениците им ја пренесоа на судиите пораката, а овие, кога дознаа дека Павле и Сила се римски граѓани, се уплашија.\n<sup>39</sup>Дојдоа, им се извинија, ги извадија од затворот и ги молеа да го напуштат градот.\n<sup>40</sup>Кога излегоа од затворот, Павле и Сила отидоа во домот на Лидија за да се видат со христијаните и да ги охрабрат, а потоа отпатуваа.\n= Глава 17 =\n49 3) Павле проповеда во Солун\n<sup>1</sup>Потоа Павле и Сила поминаа низ градовите Амфиполис и Аполонија, па пристигнаа во Солун. Таму имаше еврејска синагога.\n<sup>2</sup>Како што обично правеше, Павле дојде кај нив и три саботи по ред им проповедаше од Светото писмо,\n<sup>3</sup>објаснувајќи им и докажувајќи им дека беше неопходно Месијата да пострада и да воскресне од мртвите. Тој им рече: „Исус е Месијата. За Него ви проповедам.“\n<sup>4</sup>Некои од нив поверуваа и им се приклучија на Павле и Сила, а пристапија и голем број побожни Грци и доста жени од високите кругови.\n<sup>5</sup>Евреите ги фати завист, па собраа од пазариштето неколку денгубци и тргнаа во толпа да го вознемируваат целиот град. Ја нападнаа куќата на Јасон и бараа да им ги изведат Павле и Сила пред толпата.\n<sup>6</sup>Откако не ги најдоа таму, го фатија Јасон, заедно со неколкумина други христијани, и ги одвлекоа кај градските власти, па почнаа да викаат: „Тие што го вознемирија целиот свет, сега пристигнаа и овде!\n<sup>7</sup>А Јасон ги прибира и сите тие ги кршат законите на римскиот император со тоа што тврдат дека постои друг цар - некој си Исус!“\n<sup>8</sup>Слушајќи го ова, народот и властите се вознемирија,\n<sup>9</sup>меѓутоа, откако зедоа од Јасон и од другите христијани пари во залог - ги ослободија.\n50 4) Павле и Сила во Верија\n<sup>10</sup>Уште истата ноќ христијаните од Солун итно ги испратија Павле и Сила во градот Верија. А тие, штом стигнаа во градот, влегоа во еврејската синагога.\n<sup>11</sup>Евреите од Верија беа многу поблагородни од оние во Солун и со одушевување го примаа она што им го проповедаше Павле. Секојдневно го проучуваа Светото писмо, за да проверат дали она што тој им го проповеда е вистина.\n<sup>12</sup>Затоа многумина од тамошните Евреи поверуваа, а поверуваа и доста истакнати жени и мажи од Грците.\n<sup>13</sup>Кога Евреите од Солун дознаа дека Павле и во Верија ја проповеда Божјата порака, дојдоа да ги подбуцнуваат луѓето против Павле.\n<sup>14</sup>Тогаш христијаните веднаш го испратија Павле до морскиот брег, а Сила и Тимотеј останаа во Верија.\n<sup>15</sup>Неколку христијани го спроведоа Павле до Атина. Потоа Павле им рече да се вратат и да им пренесат на Сила и Тимотеј што е можно побрзо да дојдат и тие.\n51 5) Павле проповеда во Атина\n<sup>16</sup>Додека Павле ги чекаше во Атина, духот му се потресе гледајќи го градот полн со идоли.\n<sup>17</sup>Секој ден во синагогата разговараше со Евреите и со побожните луѓе од другите народи што доаѓаа таму. Одеше и на пазарот и им проповедаше на луѓето што ги среќаваше таму.\n<sup>18</sup>Се расправаше и со неколкумина епикурејски и стоички филозофи. Кога почна да им зборува за Исус и за воскресението, некои од нив си рекоа: „Што сака да каже овој брборко!?“ Други велеа: „Проповеда за некоја нова вера!“\n<sup>19</sup>Го одведоа пред Советот на филозофите наречен Ареопаг и му рекоа: „Може ли сега да слушнеме какво е ова ново учење што ни го проповедаш?\n<sup>20</sup>Тврдиш некои чудни работи и сакаме да чуеме повеќе за тоа.“\n<sup>21</sup>(Атинјаните и туѓинците што беа во посета на Атина си го поминуваа времето зборувајќи или слушајќи за нови работи.)\n<sup>22</sup>Павле застана сред Ареопагот и рече: „Атињани! Забележав дека сте вие многу побожни луѓе,\n<sup>23</sup>зашто, минувајќи и гледајќи ги вашите светилишта, видов и еден жртвеник на кој пишуваше: >На непознат Бог.' Значи вие Го обожавате, иако не Го познавате. Јас сакам да ви проповедам за Него.\n<sup>24</sup>Тој Бог го создаде светот и сѐ што е во него. Тој е Господар на небото и Земјата. Не живее во храмови изградени од човечки раце.\n<sup>25</sup>Тој нема потреба да Му служите со дарови од вашите раце, бидејќи нема потреба од ништо. На целиот жив свет Тој му дава живот и здив и сѐ што им треба.\n<sup>26</sup>Сите народи ги создаде од еден човек, ги насели по целата земја, им определи во кое време ќе постојат и во кои граници ќе бидат нивните живеалишта,\n<sup>27</sup>за да Го бараат Бога, да допрат до Него и да Го најдат, зашто Тој е близу до секој од нас!\n<sup>28</sup>Бидејќи Тој ни овозможува да живееме, да се движиме и да бидеме тоа што сме. Како што вели и еден од вашите поети: >Ние сме Негови деца.'\n<sup>29</sup>Затоа, штом знаете дека сме Божји деца, не треба да мислиме дека идолите се богови. Тие се само злато, сребро или камен, обликувани со вештината и според замислата на обични луѓе.\n<sup>30</sup>Не земајќи го предвид времето кога луѓето не го знаеле ова, Бог сега им порачува на сите луѓе, насекаде, да се одвратат од идолите и да се свртат кон Бог.\n<sup>31</sup>Зашто Тој има определено ден во кој праведно ќе му суди на целиот свет, преку Човекот што за тоа Го определи и уверливо го потврди воскреснувајќи Го од мртвите.“\n<sup>32</sup>Кога слушнаа дека зборува за воскреснување од мртвите, некои луѓе почнаа да му се подбиваат, но други рекоа: „Сакаме повторно да ни зборуваш за ова!“\n<sup>33</sup>Тогаш Павле си замина оттаму,\n<sup>34</sup>а неколку души поверуваа и му се придружија. Меѓу нив беа: Дионисие, член на Ареопагот (Советот на филозофите), една жена по име Дамара и уште неколкумина други.\n= Глава 18 =\n52 6) Павле проповеда во Коринт\n<sup>1</sup>Потоа Павле отпатува од Атина за Коринт.\n<sup>2</sup>Таму се сретна со еден Евреин по име Акила, родум од Понт. Тој, заедно со својата жена Присцила, неодамна беше пристигнал од Италија, бидејќи императорот Клаудие беше наредил сите Евреи да го напуштат Рим. Павле отиде кај нив,\n<sup>3</sup>и бидејќи го знаеше нивниот занает - изработка на шатори - тој остана кај нив и заедно работеа.\n<sup>4</sup>Секоја сабота Павле одеше во тамошната синагогата и им проповедаше и на Евреи и на Грци.\n<sup>5</sup>Кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле уште поревносно им проповедаше на Евреите дека Исус е Месијата што го чекаат.\n<sup>6</sup>Но кога тие се свртеа против него и почнаа да го навредуваат, тој им ја врати и прашината од наметката и им рече: „По своја вина ќе загинете! Јас немам вина за тоа! Отсега ќе одам да им проповедам на другите народи!“\n<sup>7</sup>Си замина оттаму и се пресели во куќата на Тицие Јуст, побожен човек чија куќа беше веднаш до синагогата.\n<sup>8</sup>Управник на синагогата беше Крисп, кој со сите свои домашни поверуваа во Господ. Поверуваа и многу други жители на Коринт, кои ја слушнаа пораката, а откако поверуваа, потоа и се крстија.\n<sup>9</sup>Една ноќ, Господ му порача на Павле преку видение: „Не плаши се! Немој да молчиш, туку зборувај!\n<sup>10</sup>Јас сум со тебе и никој нема да ти направи никакво зло! Има многу Мои луѓе во овој град!“\n<sup>11</sup>Така Павле остана во Коринт една година и шест месеци, проповедајќи им ја на луѓето Божјата порака.\n<sup>12</sup>Но кога Галио стана управник на Ахаја, извесен број Евреи се здружија и се кренаа против Павле. Го изведоа на суд пред Галио,\n<sup>13</sup>изнесувајќи го против него следното обвинение: „Овој човек ги наговара луѓето да Му пристапуваат на Бог на начин што е спротивен на нашиот верски Закон!“\n<sup>14</sup>Пред Павле уста да отвори, Галио се сврте накај Евреите и им рече: „Евреи, ако се работеше за злосторство или за некаков престап, ќе бев обврзан да ве ислушам;\n<sup>15</sup>но со оглед на тоа што се работи за учења, за личности и за вашиот верски Закон, тоа расчистете си го самите меѓу себе. Јас немам намера да ви пресудувам за такви нешта!“\n<sup>16</sup>Потоа ги избрка од судницата.\n<sup>17</sup>А тие го фатија Состен, кој беше управник на синагогата, и го тепаа пред судот, но Галио воопшто не интервенираше.\n53 Второто мисиско патување завршува: Павле се враќа во сириска Антиохија\n<sup>18</sup>Павле остана во Коринт уште извесно време, а потоа се збогува со тамошните христијани и отплови за Сирија. Со него отпатуваа и Присцила и Акила. (Претходно, во Кенкреа, согласно со еврејските обичаи, Павле си ја беше избричал главата, зашто имаше дадено таков завет.)\n<sup>19</sup>Кога пристигнаа во пристаништето Ефес, Павле се раздели од своите придружници. Додека беше во Ефес, отиде во синагогата и им проповедаше на Евреите.\n<sup>20</sup>Тие го замолија да остане кај нив подолго време, но тој не прифати,\n<sup>21</sup>туку, збогувајќи се со нив, им рече: „Ако даде Бог, пак ќе се вратам кај вас.“ Потоа отплови од Ефес.\n<sup>22</sup>Дојде до пристаништето Цезареа, се поздрави со луѓето од црквата, па замина за Антиохија.\n<sup>23</sup>Откако остана извесно време во сириска Антиохија, Павле одново тргна на пат, посетувајќи ги редум христијаните во областите на Галатија и Фригија, за да ги охрабри.\n54 Аполос проповеда во Ефес и Ахаја\n<sup>24</sup>Во меѓувреме, во Ефес пристигна еден Евреин по име Аполос. Тој беше родум од градот Александрија, во Египет. Беше вешт говорник и добро ги познаваше Божјите книги.\n<sup>25</sup>Веќе беше упатен на Патот Господов и многу ревносно и точно проповедаше за Исус, иако знаеше само за крштавањето на Јован Крстител.\n<sup>26</sup>Тој почна смело да зборува во синагогата. Кога го слушнаа Присцила и Акила, го зедоа кај нив и уште подобро му го објаснија Божјиот Пат.\n<sup>27</sup>Аполос реши да замине за Ахаја. Христијаните од Ефес го охрабрија и им напишаа писма на христијаните во Ахаја, со препорака да го прифатат. Кога пристигна во Ахаја, Аполос многу им помогна на новообратените христијани кои поверуваа благодарение на Божјата дарежлива благонаклоност.\n<sup>28</sup>Тој на јавни дебати ги побиваше Евреите, со силни аргументи, докажувајќи им преку Божјите книги дека Исус е Месијата што им беше предвестен.\n= Глава 19 =\n55 ТРЕТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ\n<sup>1</sup>Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот. Таму најде неколку нови Христови следбеници,\n<sup>2</sup>и ги праша: „Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?“\nТие му одговорија: „Ние и не знаеме дека постои Свет Дух!“\n<sup>3</sup>Тогаш Павле ги праша: „А како сте крстени?“\n<Онака како што крштаваше Јован Крстител“ - му одговорија тие.\n<sup>4</sup>Павле им рече: „Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови. И самиот тој им велеше на луѓето дека е неопходно да веруваат во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.“\n<sup>5</sup>Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овојпат во името на Господ Исус.\n<sup>6</sup>Потоа Павле се помоли за нив, положувајќи ги над нив рацете и Светиот Дух слезе врз нив, па тие почнаа да зборуваат на други јазици и да пророкуваат.\n<sup>7</sup>Во таа група беа околу дванаесет мажи.\n56 1) Апостолот Павле проповеда во Ефес\n<sup>8</sup>Потоа Павле одеше во ефешката синагога три месеци со голем жар им проповедаше на Евреите, се расправаше со нив и ги убедуваше во врска со Божјото царство.\n<sup>9</sup>Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење, Павле ја напушти синагогата, но ги поведе со себе оние што поверуваа во Христа и секојдневно проповедаше во училиштето на Тиран.\n<sup>10</sup>Ова продолжи во текот на две години, така што сите жители на Азија, и Евреи и Грци, имаа можност да ја слушнат Господовата порака.\n<sup>11</sup>Бог преку Павле, правеше многу необични чуда,\n<sup>12</sup>така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле, болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.\n<sup>13</sup>Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“\n<sup>14</sup>Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот првосвештеник Скева.\n<sup>15</sup>Но демонскиот дух им одговори: „Исус Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!“\n<sup>16</sup>Па го натера човекот во кој беше влезен да се нафрли врз нив и да ги претепа, па тие голи и разранети избегаа куќата.\n<sup>17</sup>За ова дознаа сите што живееја во Ефес, и Евреи, и Грци, па ги фати страв и искажуваа голема почит спрема името на Господ Исус.\n<sup>18</sup>Мнозина од оние што поверуваа, доаѓаа и се исповедаа, признавајќи ги своите грешни дела.\n<sup>19</sup>Дури и некои од оние што се занимавале со магии ги донесуваа своите книги за магии и пред сите ги запалуваа. Цената на запалените книги изнесуваше педесет илјади сребреници.\n<sup>20</sup>Така пораката за Господ брзо се ширеше и јакнеше.\n57 Бунт против христијанството во Ефес\n<sup>21</sup>После овие настани, поттикнат од Светиот Дух, Павле реши да ги посети Македонија и Ахаја, па да замине за Ерусалим. „А потоа,“ - рече тој - „ќе треба да го посетам и Рим.“\n<sup>22</sup>Ги испрати во Македонија двајцата свои помошници, Тимотеј и Ераст, а тој уште некое време остана во Азија.\n<sup>23</sup>Во тоа време во Ефес настанаа големи немири заради Христовото учење.\n<sup>24</sup>Еден златар по име Димитри, кој изработуваше сребрени модели од храмот на божицата Артемида и на тој начин се богатеа и тој и неговите соработници,\n<sup>25</sup>ги собра сите што се бавеа со оваа и слична работа и им рече: „Луѓе, вие знаете дека нашето богатство доаѓа од овој занает.\n<sup>26</sup>Гледате и слушате дека не само во Ефес, туку речиси во цела Азија, овој човек Павле, разубеди и одврати многу луѓе, велејќи им дека овие предмети направени од човечка рака не се богови.\n<sup>27</sup>Постои опасност не само нашиот занает да падне во немилост, туку и храмот на големата божица Артемида сосема да ја загуби својата важност, да исчезне нејзината величественост што ја почитува цела Азија и целиот свет!“\n<sup>28</sup>Кога го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да викаат: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“\n<sup>29</sup>Во градот настана мешаница и откако ги фатија Македонците Гај и Аристарх, сопатници на Павле, сите се собраа во градскиот амфитеатар.\n<sup>30</sup>Павле сакаше да се појави пред насобраната толпа, но тамошните христијани го одвратија од таквата намера,\n<sup>31</sup>а и некои луѓе од власта што му беа пријатели му испратија порака, молејќи го да не се појавува во амфитеатарот.\n<sup>32</sup>Собирот се претвори во збрка. Едни викаа едно, други друго, а повеќето воопшто не знаеја за што се собрани.\n<sup>33</sup>Евреите го посочија Александар и го изведоа напред, а тој мавна со раката за да ги смири и да даде објаснување пред толпата,\n<sup>34</sup>но кога слушнаа дека тој е Евреин, сите во еден глас викаа речиси два часа: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“\n<sup>35</sup>Најпосле градоначалникот ја смири толпата и рече: „Граѓани на Ефес! Има ли некој што не знае дека Ефес е град заштитник на храмот на големата божица Артемида и на кипот што ни падна од небото!?\n<sup>36</sup>Ова никој не може да го оспори, затоа треба да се смирите и да не правите ништо непромислено.\n<sup>37</sup>Овие луѓе што сте ги довеле овде, ниту го ограбиле храмот, ниту пак зборувале против нашата божица.\n<sup>38</sup>Ако Димитри и занаетчиите што се со него имаат некаква тужба против овие луѓе, постојат судови и судии, па таму нека се судат.\n<sup>39</sup>Ако имате некои други поплаки, тие мора да бидат разрешени на легалното градско собрание.\n<sup>40</sup>Постои опасност Римјаните да нѐ обвинат дека креваме бунт. Нема никаква причина да создаваме вакви немири.“\n<sup>41</sup>Откако го рече ова, го распушти собирот и луѓето се разотидоа.\n= Глава 20 =\n58 2) Павле оди за Македонија и Ахаја (Грција)\n<sup>1</sup>Кога стивна вревата, Павле ги собра христијаните од Ефес и ги охрабри. Се збогува со нив и тргна за Македонија.\n<sup>2</sup>Патем, во сите градови низ кои поминуваше, со многу проповеди ги храбреше христијаните. Потоа замина за Грција.\n<sup>3</sup>Таму остана три месеци. Токму кога се подготвуваше да тргне на пловидба кон Сирија, дозна дека група Евреи коваат заговор против него. Затоа реши да се врати преку Македонија.\n<sup>4</sup>На тој пат го придружуваа: Сопатер, синот на Пир од Верија, Аристарх и Секунд, од Солун, Гај од Дерба, Тимотеј, како и Тихик и Трофим од областа Азија.\n<sup>5</sup>Тие отидоа пред нас и нѐ чекаа во Троада.\n<sup>6</sup>Откако заврши празникот на Бесквасните лебови, ние отпловивме од Филипи и по пет дена им се придруживме во Троада. Таму останавме седум дена.\n59 3) Павле за последен пат ја посетува Троада\n<sup>7</sup>Еден неделен ден бевме собрани на Причест, а Павле ги поучуваше насобраните, па ја одолжи проповедта сѐ до полноќ, зашто следниот ден се подготвуваше да замине.\n<sup>8</sup>Во горната соба, каде што бевме собрани, имаше многу ламби.\n<sup>9</sup>Едно момче, по име Евтих, седејќи покрај прозорецот, задрема, бидејќи Павле долго проповедаше. Сонот го совлада и Евтих падна од третиот кат. Кога го кренаа, беше мртов.\n<sup>10</sup>Павле слезе долу, се наведна над него, го гушна и рече: „Не грижете се, жив е!“\n<sup>11</sup>Потоа сите се вратија во горната соба, и заедно зедоа Причест. Павле продолжи да им проповеда сѐ до мугрите, кога си замина.\n<sup>12</sup>Во меѓувреме, момчето го одведоа дома живо и здраво, што беше големо олеснување за сите.\n<sup>13</sup>Павле реши да патува за Асос по копно. Ние, останатите, тргнавме со брод до Асос и се договоривме таму да го земеме со нас и Павле.\n<sup>14</sup>Се сретнавме во Асос, го зедовме со нас и отпловивме за Митилена.\n<sup>15</sup>Утредента пловевме покрај островот Киос, следниот ден поминавме покрај островот Самос, а по уште еден ден пловење, пристигнавме во Милет.\n<sup>16</sup>Павле беше решил да го заобиколи Ефес и да не се задржува во Азија, зашто брзаше, ако е можно, до празникот Духовден да пристигне во Ерусалим.\n60 4) Павле се простува со црковните старешини од Ефес\n<sup>17</sup>Од Милет испрати порака до старешините на црквата во Ефес и ги замоли да дојдат за да се сретнат со него.\n<sup>18</sup>Кога пристигнаа, Павле им рече: „Вие знаете како живеев, уште од првиот ден кога пристигнав во Азија, зашто цело време бев со вас.\n<sup>19</sup>Му служев на Господ со голема понизност, со солзи и маки низ кои морав да поминам поради заговорите што против мене ги коваа Евреите.\n<sup>20</sup>Сепак, не пропуштив да ви кажам сѐ што е полезно за вас, поучувајќи ве јавно или во вашите домови.\n<sup>21</sup>Имав иста порака и за Евреите и за неевреите: да се покаат, да се свртат кон Бог и да поверуваат во нашиот Господ Исус.\n<sup>22</sup>Сега Светиот Дух ме тера да одам во Ерусалим. Не знам што ме чека таму.\n<sup>23</sup>Знам само дека Светиот Дух ми има кажано оти во секој град ме чекаат затвори и страдања.\n<sup>24</sup>Но тоа не ме плаши. Мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната вест за Божјата милосрдна благонаклоност.\n<sup>25</sup>Сега знам дека никој од вас со кои живеев и ви проповедав за Божјото царство нема повеќе да ме види.\n<sup>26</sup>Затоа сакам јасно и гласно да ви кажам денес дека, ако некој од вас заврши во вечна смрт, јас за тоа не сум одговорен.\n<sup>27</sup>Не пропуштив ништо од Божјиот план за луѓето, туку во целост ви го објавив.\n<sup>28</sup>Внимавајте и на себе и на целото Божјо стадо во кое Светиот Дух ве поставил за надзорници. Бидете пастири на Божјата Црква која Тој ја откупи со сопствената крв.\n<sup>29</sup>Знам дека откако јас ќе си заминам, ќе ви доаѓаат лажни пастири кои како свирепи волци ќе ве напаѓаат и нема да го штедат стадото:\n<sup>30</sup>Од самите вас ќе произлезат луѓе што ќе ја изопачуваат вистината за да повлечат по себе дел од Христовите следбеници.\n<sup>31</sup>Затоа, бидете на штрек! Не заборавајте дека три години деноноќно, без престан, со солзи во очите, го советував секој од вас поединечно.\n<sup>32</sup>Сега ве предавам под Божјата грижа и поука од пораката за Неговата милосрдна благонаклоност кон вас. Таа порака има моќ да ве изградува и да ви даде наследство заедно со сите што Бог ги избра и посвети.\n<sup>33</sup>Од никого не барав пари или облеки.\n<sup>34</sup>Вие и самите знаете дека за моите потреби и за потребите на оние што ме придружуваа јас работев со сопствените раце.\n<sup>35</sup>На тој начин ви покажав како со вредно работење може да им се помогне на сиромашните. Не заборавајте што ни порача Самиот Господ Исус: >Поблагословен е тој што дава, отколку тој што добива.'“\n<sup>36</sup>Кога го рече ова, клекна на колена со нив и се молеше.\n<sup>37</sup>Сите заплакаа на глас, и збогувајќи се, го гушкаа и го бакнуваа.\n<sup>38</sup>Беа особено тажни поради тоа што им рече дека веќе нема да го видат. Потоа го испратија до бродот.\n= Глава 21 =\n61 5) Павле најавува враќање во Ерусалим\n<sup>1</sup>Откако во Милет се збогувавме со старешините на црквата од Ефес, испловивме накај островот Кос. Следниот ден стигнавме до Родос, а оттаму до Патара.\n<sup>2</sup>Најдовме брод што оди за сириската област Феникија, па се качивме и отпловивме.\n<sup>3</sup>Поминавме покрај Кипар, кој ни остана одлево, па продолживме да пловиме накај Сирија и пристигнавме во пристаништето Тир, каде што бродот требаше да го растовари товарот.\n<sup>4</sup>Слеговме од бродот, ги најдовме тамошните христијани и останавме со нив седум дена. Тие, поттикнати од Светиот Дух, го советуваа Павле да не оди во Ерусалим.\n<sup>5</sup>Кога завршија седумте дена, тргнавме да си одиме. Сите христијани: мажи, жени и деца, се собраа да нѐ испратат, па одеа со нас сѐ до излезот од градот, а на брегот клекнавме на колена и се помоливме.\n<sup>6</sup>Се збогувавме и се качивме на бродот, а тие се вратија во своите домови.\n<sup>7</sup>Заминувајќи од Тир, пристигнавме во пристаништето Птолемаида. Се поздравивме со тамошните христијани и останавме со нив еден ден.\n<sup>8</sup>Следниот ден отпатувавме и пристигнавме во Цезареа. Таму отидовме во домот на евангелизаторот Филип, еден од седумтемина што беа одбрани да им делат храна на сиромашните.\n<sup>9</sup>Тој имаше четири немажени ќерки, кои имаа дар на пророкување.\n<sup>10</sup>Во текот на нашиот повеќедневен престој во Цезареа, дојде еден човек од Јудеја по име Агав, кој исто така имаше дарба да пророкува.\n<sup>11</sup>Дојде кај нас, го зеде појасот на Павле, си ги врза рацете и нозете, па рече: „Вака вели Светиот Дух: >Сопственикот на овој појас ќе биде вака врзан од Евреите и ќе им биде предаден на Римјаните!'“\n<sup>12</sup>Кога го чувме тоа и ние, и христијаните од Цезареа, го молевме Павле да не оди во Ерусалим.\n<sup>13</sup>Но Павле ни одговори: „Зошто плачете и ми го кинете срцето? Јас сум подготвен не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим, за името на Господ Исус!“\n<sup>14</sup>Бидејќи не успеавме да го разубедиме, замолкнавме и си рековме: „Нека биде според волјата Господова!“\n62 6) Павле пристигнува во Ерусалим\n<sup>15</sup>После ова, се подготвивме и тргнавме кон Ерусалим.\n<sup>16</sup>Со нас патуваа и неколу христијани од Цезареа и нѐ одведоа на гости кај Мнасон, каде што останавме извесно време. Тој беше од Кипар и беше еден од најпрвите Христови следбеници.\n<sup>17</sup>Кога стигнавме во Ерусалим, тамошните христијани убаво нѐ пречекаа и се израдуваа.\n<sup>18</sup>Следниот ден Павле, заедно со нас, отиде да го посети апостолот Јаков. На средбата присуствуваа и сите старешини од црквата во Ерусалим.\n<sup>19</sup>Откако разменија поздрави, Павле подробно им раскажа што сѐ Бог направи преку него меѓу нееврејските народи, во текот на неговата мисија.\n<sup>20</sup>Кога го ислушаа, му благодарија на Бог. Потоа му рекоа на Павле: „Брате, ти гледаш колку илјадници Евреи станаа христијани и сите тие многу ревносно се придржуваат кон Мојсеевиот Закон.\n<sup>21</sup>Тие чуле дека ти си ги поучувал Евреите кои живеат меѓу нееврејските народи да го напуштат Мојсеевиот Закон, односно да не ги обрежуваат своите машки деца и да не се придржуваат до обичаите.\n<sup>22</sup>Што ќе правиме сега? Тие сигурно ќе разберат дека си дошол овде.\n<sup>23</sup>Затоа ние имаме предлог: меѓу нас има четворица мажи што се заветувале, па се подготвуваат да си ги избричат главите.\n<sup>24</sup>Оди со нив во храмот и придружи им се во церемонијата на очистување, плати им да си ги избричаат главите и сите ќе знаат дека она што го слушнале не е вистина, туку дека и самиот ти се придржуваш до еврејските закони.\n<sup>25</sup>Што се однесува до неевреите - христијани, сѐ што ние бараме од нив, веќе им го напишавме во писмо: да не јадат храна наменета како жртва на идоли, да не конзумираат крв, да не јадат месо од удавени животни и да се пазат од блуд.“\n<sup>26</sup>Павле се согласи и веќе следниот ден, заедно со тие луѓе, ја изврши церемонијата на очистување. Потоа влезе во храмот и го објави датумот кога нивниот завет ќе биде исполнет и кога за секој од нив ќе биде принесена жртва.\n63 Павле е уапсен во храмот\n<sup>27</sup>Токму кога седумте дена беа при крај, група Евреи од областа Азија го видоа Павле во храмот, го фатија, па потикнаа бунт кај народот,\n<sup>28</sup>викајќи: „Израелци! Помагајте! Овој е човекот кој секаде каде што оди, ги учи луѓето против нашиот народ, им кажува да не се придржуваат до еврејските верски закони и зборува против овој храм! Тој дури се осмели во храмот да доведе неевреи и така да го оскверни ова свето место!“\n<sup>29</sup>(Тие претходно го беа виделе во градот ефешанецот Трофим во друштво со Павле и мислеа дека тој го довел и во храмот.)\n<sup>30</sup>Целиот град се крена на нозе. Се насобра многу народ, го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот и веднаш зад него ги затворија портите.\n<sup>31</sup>Кога се готвеа да го убијат, до командирот на римскиот полк, стигна веста дека целиот Ерусалим е на нога!\n<sup>32</sup>Тој веднаш повика војници и помлади офицери, па со трчање отидоа кај толпата. Кога ги видоа полковникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.\n<sup>33</sup>Полковникот го уапси Павле и нареди да го врзат со двојни синџири. Потоа праша кој е овој човек и каков прекршок сторил.\n<sup>34</sup>Едни од толпата викаа едно, други друго, па полковникот не можеше ништо да разбере. Затоа нареди да го одведат Павле во тврдината каде што беше сместена војската.\n<sup>35</sup>Кога дојдоа до скалите, толпата се однесуваше толку насилнички, што војниците мораа да го кренат Павле и да го носат, за да го заштитат.\n<sup>36</sup>Толпата продолжи да оди по нив и да вика: „Убијте го!“\n64 Павле зборува пред толпата\n<sup>37</sup>Пред да влезат во воената тврдина, Павле му рече на полковникот: „Ако ми дозволите, јас би сакал да ви кажам нешто.“\n<Зар ти знаеш грчки?“ - му одговори полковникот изненадено.\n<sup>38</sup><Значи ти не си оној Египќанец што пред извесно време подигна бунт и поведе во пустината четири илјади убијци!“\n<sup>39</sup>Павле му одговори: „Јас сум Евреин од познатиот градот Тарс во областа Киликија. Сакам да ве замолам да ми дозволите да им се обратам на луѓето.“\n<sup>40</sup>Полковникот му дозволи и Павле застана на скалите. Им мавна со раката да замолкнат. Кога настана длабока тишина, тој им се обрати на нивниот, арамејски јазик:\n= Глава 22 =<sup>1</sup><Браќа и татковци! Ислушајте ја мојата одбрана што сега ќе ја изнесам пред вас.“\n<sup>2</sup>Кога слушнаа дека им се обраќа на нивниот, арамејски јазик, уште повеќе стивнаа, а Павле продолжи:\n<sup>3</sup><Јас сум Евреин. Роден сум во Тарс, град во областа Киликија, но пораснав и се школував овде, во Ерусалим. Учител ми беше познатиот Гамалиел. Крај неговите нозе научив строго да се придржувам кон правилата и обичаите на нашите предци. Станав ревносен за Бог, исто како што сте и вие денес.\n<sup>4</sup>Ги прогонував христијаните до смрт. Ги врзував и ги носев в затвор, без разлика дали беа мажи или жени.\n<sup>5</sup>Ова можат да го потврдат првосвештеникот и сите старешини. Од нив добив писма за нашите браќа Евреи во Дамаск, со кои ме овластија да одам во Дамаск и да ги апсам тамошните христијани, а потоа, оковани во пранги да ги доведам во Ерусалим за да бидат казнети.\n== Павле раскажува за своето обраќање\n(Дела 9:1-19; 26:12-18) ==\n<sup>6</sup>Додека се приближував до Дамаск, некаде околу пладне, околу мене ненадејно блесна силна светлина од небото.\n<sup>7</sup>Паднав наземи и чув глас како ми се обраќа: >Сауле, Сауле, зошто Ме прогонуваш!?'\n<sup>8</sup>>Кој сте Вие, господине?' - прашав јас.\n>Јас сум Исус од Назарет - Оној што Го прогонуваш!'\n<sup>9</sup>И оние што беа со мене ја виделе светлината, но гласот што ми проговори не го чуле.\n<sup>10</sup>Тогаш реков: >Кажи ми што да правам, Господе?'\n>Стани, оди во Дамаск и таму ќе ти биде кажано сѐ што треба да правиш!' - ми одговори Господ.\n<sup>11</sup>Потоа оние што беа со мене ме водеа до Дамаск, зашто јас бев заслепен од јачината на таа светлина и воопшто не можев да гледам.\n<sup>12</sup>Во Дамаск имаше еден човек по име Ананиј. Тој беше побожен човек што се придржуваше до Божјиот закон и уживаше голем углед кај сите Евреи од тој крај.\n<sup>13</sup>Тој дојде кај мене, ми пристапи и ми рече: >Брате Саул, нека ти се врати видот!' Истиот миг видот ми се врати и можев да го видам Ананиј.\n<sup>14</sup>Потоа тој ми рече: >Богот на нашите прадедовци те одбра да се запознаеш со Неговата намера, да го видиш Праведникот и да го слушнеш повикот од Неговата уста.\n<sup>15</sup>Отсега ти ќе им проповедаш за Него на сите луѓе, ќе им кажуваш за она што си го видел и слушнал.\n<sup>16</sup>Што чекаш сега? Стани, крсти се и повикај Го Господ да ти ги измие гревовите!'\n<sup>17</sup>Кога се вратив во Ерусалим, еден ден отидов во храмот за да се молам.\n<sup>18</sup>Во видение Го видов Исус, Кој ми рече: >Напушти го Ерусалим, што поскоро, зашто тие нема да веруваат кога ќе им сведочиш за Мене!'\n<sup>19</sup>А јас Му реков: >Господе, зошто да не ми веруваат кога знаат дека јас ги затворав и ги тепав по синагогите оние што веруваа во Тебе!?\n<sup>20</sup>А кога го каменуваа Твојот сведок Стефан, и јас бев таму. Го одобрував убиството и им ги чував облеките на неговите убијци!'\n<sup>21</sup>Но Господ ми рече: >Ти наредувам да го напуштиш Ерусалим, зашто Јас те праќам далеку, меѓу нееврејските народи!'“\n<sup>22</sup>Сѐ до овој миг тие го слушаа, но кога го слушнаа последново, почнаа да викаат: „Истребете го овој човек од лицето на земјата! Тој не заслужува да живее!“\n<sup>23</sup>Викаа, мафтаа со своите наметки и фрлаа прав во воздухот.\n65 Павле открива дека е римски граѓанин\n<sup>24</sup>Полковникот им нареди на војниците да го внесат Павле во тврдината и да го камшикуваат, за да признае какво злосторство извршил. Сакаше да дознае зошто народот толку гневно вика против него.\n<sup>25</sup>Кога го врзаа за да го камшикуваат, Павле го прашаа помладиот офицер што стоеше покрај него: „Зар смеете да камшкувате римски граѓанин, кој за ништо не е осуден!?“\n<sup>26</sup>Тогаш помладиот офицер му пријде на полковникот и му рече: „Што ќе правиме сега? Овој човек е римски граѓанин!“\n<sup>27</sup>Полковникот отиде кај Павле и го праша: „Вистина ли е дека си римски граѓанин?“\n<Да!“ - му одговори Павле.\n<sup>28</sup>Полковникот му рече: „И јас сум римски граѓанин; за тоа платив голема сума пари!“ Во одговор Павле му рече: „Јас сум римски граѓанин по раѓање!“\n<sup>29</sup>Војниците што требаше да го сослушуваат Павле веднаш се повлекоа, а се повлече и полковникот, исплашен што нареди римски граѓанин да биде врзан и камшикуван.\n66 Павле пред собранието\n<sup>30</sup>Следниот ден, сакајќи да дознае за што ќе го обвинат Евреите полковникот го ослободи Павле од прангите и нареди да се соберат првосвештениците и сите членови на еврејското собрание, па го доведе Павле и им го предаде на сослушување.\n= Глава 23 =<sup>1</sup>Со вперен поглед кон членовите на собранието, Павле им рече: „Браќа, мојата совест пред Бога е чиста!“\n<sup>2</sup>Тогаш првосвештеникот Ананиј им нареди на оние што стоеја покрај Павле да го удрат по устата.\n<sup>3</sup>Павле му одговори: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан! Си седнал да ме судиш според законот, а наредуваш да ме удираат, спротивно на законот!“\n<sup>4</sup>Оние што стоеја до Павле рекоа: „Како се осмелуваш да го навредуваш Божјиот првосвештеник!?“\n<sup>5</sup>Тогаш Павле им се извини: „Не знаев браќа, дека тој е првосвешник, зашто во Светото писмо пишува: >Не зборувај лошо за водачот на својот сопствен народ!'“\n<sup>6</sup>Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи, а дел се фарисеи, гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј! Сите мои предци биле фарисеи! Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскреснување од мртвите!“\n<sup>7</sup>Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба.\n<sup>8</sup>Садукеите тврдеа дека нема ни воскреснување, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова.\n<sup>9</sup>Настана голема викотница. Неколку вероучителите од фарисеите станаа и почнаа жестоко да се препираат со садукеите, велејќи: „Не гледаме ништо лошо кај овој човек! Што ако навистина му се јавил дух или ангел и му зборувал!?“\n<sup>10</sup>Расправијата стануваше сѐ пожестока, па полковникот се исплаши дека ќе го растргнат Павле на парчиња. Затоа нареди војниците да го тргнат оттаму и да го вратат во воената тврдина.\n<sup>11</sup>Таа ноќ Господ му се појави на Павле и му рече: „Држи се храбро, зашто за Мене ќе треба да проповедаш и во Рим, онака како што сведочеше овде во Ерусалим!“\n67 Заговор против Павле\n<sup>12</sup>Кога се раздени, група Евреи сковаа заговор. Се заколнаа дека нема ни да јадат, ни да пијат, сѐ додека не го убијат Павле.\n<sup>13</sup>Во заговорот зедоа учество повеќе од четириесет мажи.\n<sup>14</sup>Тие отидоа кај првосвештеникот и старешините, па им рекоа: „Ние се заколнавме ништо да не ставаме в уста, сѐ додека не го убиеме Павле.\n<sup>15</sup>Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, како божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да стаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“\n<sup>16</sup>Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле.\n<sup>17</sup>Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот. Има нешто важно да му пренесе.“\n<sup>18</sup>Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“\n<sup>19</sup>Полковникот го фати за рака момчето, го одведе на страна и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“\n<sup>20</sup>Момчето му рече: „Евреите се договорија да ве замолат утре да го доведете Павле во собранието, како божем имаат намера поподробно да го испрашаат.\n<sup>21</sup>Немојте да ги послушате, зашто повеќе од четириесетмина Евреи му поставија заседа за да го убијат! Се заколнале дека нема да јадат и пијат, сѐ додека не го убијат. Веќе демнат во заседа и чекаат само вие да го одобрите нивното барање.“\n<sup>22</sup>Полковникот го пушти момчето, наредувајќи му на никого да не кажува дека го известил за заговорот.\n68 Павле е испратен кај гувернерот Феликс\n<sup>23</sup>Потоа полковникот викна двајца од своите офицери и им рече: „Одберете двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, и наредете им да се подготват вечерва во девет часот да заминат за Цезареа.\n<sup>24</sup>Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“\n<sup>25</sup>Потоа напиша писмо за гувернерот, со следнава содржина:\n<sup>26</sup><Од Клаудие Лисија,\nдо почитуваниот,\nгувернер Феликс.\nВе поздравувам!\n<sup>27</sup>Ви испраќам еден човек кого Евреите го беа фатиле и се подготвуваа да го убијат. Кога дознав дека е римски граѓанин јас отидов со војска и го ослободив.\n<sup>28</sup>Сакајќи да дознаам за што го обвинуваат Евреите, го изведов пред нивното собрание.\n<sup>29</sup>Така дознав дека го обвинуваат за работи од нивниот верски закон, но не беше виновен за нешто што заслужува смртна казна, или затвор.\n<sup>30</sup>Откако ми беше јавено дека против овој човек се подготвува заговор, со закана да го убијат, веднаш го испраќам кај Вас, а ги известив и оние што имаат обвинение против него да дојдат кај Вас, и таму да ги изнесат своите обвиненија.“\n<sup>31</sup>Уште истата ноќ, војниците го одведоа Павле до Антипатрида, како што им беше наредено.\n<sup>32</sup>Следниот ден, пешаците се вратија во воената тврдина, а коњаниците го одведоа кон Цезареа.\n<sup>33</sup>Кога пристигнаа во Цезареа, му ги предадоа писмото и Павле на гувернерот Феликс.\n<sup>34</sup>Гувернерот го прочита писмото и го праша Павле од која област потекнува, па кога дозна дека е од Киликија\n<sup>35</sup>му рече: „Ќе те сослушам кога ќе пристигнат и твоите обвинители.“ Потоа нареди да го одведат и да го чуваат под стража во Иродовата палата.\n= Глава 24 =\n69 Павле на суд пред Феликс\n<sup>1</sup>По пет дена дојде првосвештеникот Ананиј со неколку старешини и со еден адвокат по име Тертул, кој го изнесе пред гувернерот обвинението против Павле.\n<sup>2</sup>Го повикаа Павле и Тертул почна да го изнесува обвинението:\n<Почитуван гувернеру! Под Вашето владеење ние, Евреите живееме во мир и спокојство. Вашата далекувидост доведе до многу реформи за овој народ.\n<sup>3</sup>За тоа секогаш и секаде Ви оддаваме признание, честити Феликсе, со голема благодарност.\n<sup>4</sup>Но сега, за да не го трошам напразно Вашето време, Ве молам, знаејќи ја Вашата љубезност, накратко да ме сослушате.\n<sup>5</sup>Ние утврдивме дека овој човек е вистинска напаст, кој предизвикува препирки меѓу Евреите по целиот свет! Тој е челник на назаретската секта.\n<sup>6</sup>Се обиде дури и храмот да го оскверни, но ние го уапсивме.<sup>8</sup>Сега Вие можете да го сослушате и да дознаете за што го обвинуваме.“\n<sup>9</sup>И другите Евреи го потврдуваа тоа што го зборуваше Тертул.\n70 Одбраната на Павле пред Феликс\n<sup>10</sup>Гувернерот му даде знак на Павле дека може да зборува. Павле рече:\n<Знам господине дека Вие веќе долго време ни служите како судија на нашиот еврејски народ и добро ги познавате работите за кои сум обвинет, затоа јас со голема доверба во вас ќе ја изложам својата одбрана.\n<sup>11</sup>Лесно ќе дознаете дека јас во Ерусалим пристигнав на поклонение во храмот пред дванаесетина дена.\n<sup>12</sup>Ниту во храмот ме затекнале со некого да се расправам, ниту во синагогите, ниту пак во градот сум го подбуцнувал народот на бунт.\n<sup>13</sup>Тие не можат да го докажат она за што ме обвинуваат.\n<sup>14</sup>Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта и на тој начин Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во сѐ што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.\n<sup>15</sup>И јас, како и тие верувам во Бог и верувам дека Тој ќе ги воскресне мртвите, како праведните, така и неправедните.\n<sup>16</sup>Заради тоа правам сѐ што знам и умеам, та мојата совест пред Бог и пред луѓето секогаш да биде чиста.\n<sup>17</sup>По повеќе години отсуство се вратив во Ерусалим, носејќи со себе доброволни прилози, за да му помогнам на мојот народ и да Му принесам жртви на Бог.\n<sup>18</sup>Овие што ме обвинуваат ме видоа во храмот кога веќе го бев завршил церемонијалното очистување. Околу мене ниту имаше насобрано луѓе, ниту имаше некаков бунт.\n<sup>19</sup>Имаше само неколку Евреи дојдени од областа Азија, кои требаше да бидат присутни, и ако имале нешто против мене, овде пред Вас тоа да го изнесат.\n<sup>20</sup>Нека кажат овие што дојдоа да ме обвинат, какво злосторство најдоа во мене кога ме изведоа пред еврејското народно собрание,\n<sup>21</sup>освен тоа што гласно изјавив: >Денеска овде мене ми се суди затоа што верувам во воскресение на мртвите!'“\n<sup>22</sup>Тогаш Феликс, кој добро го познаваше Хриството учење, го одложи сослушувањето, со вакво образложение: „Ќе почекаме полковникот Лисија да дојде овде. Тогаш ќе пресудам во врска со вашиот случај.“\n<sup>23</sup>Потоа му нареди на офицерот да го задржат Павле во притвор, но да му дадат извесна слобода и да не спречуваат никој од неговите блиски да го посетува и да му помага.\n71 Павле пред Феликс и Друсила\n<sup>24</sup>По неколку дена, дојде Феликс со својата жена Друсила, која беше Еврејка. Го повикаа Павле да им зборува за верата во Исус Христос.\n<sup>25</sup>Додека тој зборуваше за праведноста, за обуздување на телесните страсти и за Божјиот суд што претстои, Феликс се исплаши и му рече: „Оди си сега! Кога ќе имам време, пак ќе те викнам.“\n<sup>26</sup>феликс всушност се надеваше дека од Павле ќе добие мито и затоа честопати го викаше и разговараше со него.\n<sup>27</sup>Така поминаа цели две години. Тогаш на местото на Феликс дојде Порцие Фест. Сакајќи да им угоди на Евреите, Феликс го остави Павле в затвор.\n= Глава 25 =\n72 Судската постапка пред Фест\n<sup>1</sup>Три дена по преземањето на власта во покраината, Фест отпатува од Цезареа за Ерусалим.\n<sup>2</sup>Таму првосвештениците и еврејските челници му го изнесоа своето обвинение против Павле, па го молеа\n<sup>3</sup>да им направи услуга и да го префрли Павле во Ерусалим, а всушност коваа заговор патем да го убијат.\n<sup>4</sup>Но Фест им одговори дека Павле ќе биде задржан во Цезареа, каде што и тој самиот има намера набргу да се врати,\n<sup>5</sup>па ако тие имаат нешто против Павле, нека дојдат со Фест неколку поистакнати луѓе кои ќе покренат обвинение против него.\n<sup>6</sup>По осум до десет дена, Фест се врати во Цезареа. Следниот ден седна во судот и нареди да го доведат Павле.\n<sup>7</sup>Околу него се насобраа Евреите кои беа дошле од Ерусалим и изнесоа многу тешки обвиненија против Павле, но не можеа да ги докажат.\n<sup>8</sup>Павле, бранејќи се, рече: „Јас не сум згрешил ни против еврејскиот закон, ни против храмот, ниту против императорот!“\n<sup>9</sup>Фест, сакајќи да им угоди на Евреите, му рече на Павле: „Дали сакаш да одиме во Ерусалим и таму да ти судам во врска со ова?“\n<sup>10</sup>Павле рече: „Не! Ова е суд на римската империја и овде треба да ми биде судено. На Евреите ништо лошо не сум им сторил, како што и самиот знаете.\n<sup>11</sup>Ако сум навистина виновен, ако сум направил нешто што заслужува смртна казна, јас не се противам таа и да се изврши. Но ако обвинувањата против мене се неосновани, никој нема право да ме предаде на овие луѓе да ме убијат! Сакам да се жалам пред императорот!“\n<sup>12</sup>Тогаш Фест, се посоветува со судскиот совет и му одговори: „Добро, штом сакаш да се жалиш пред императорот, ќе те пратам кај императорот!“\n73 Фест и Агрипа за случајот „Павле“\n<sup>13</sup>По неколку дена, во Цезареа дојдоа царот Агрипа и неговата сестра Берника, за да му честитаат на Фест, кој неодамна стана нов гувернер.\n<sup>14</sup>Во текот на нивниот неколкудневен престој, Фест му го изложи на царот случајот на Павле, велејќи: „Имам еден неосуден затвореник, останат уште од времето на Феликс.\n<sup>15</sup>Кога бев во Ерусалим, еврејските првосвештеници и старешини го обвинија пред мене и побараа да го осудам.\n<sup>16</sup>Се разбира, јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да ги осудуваат обвинетите, без да им дадат можност да се соочат со обвинителите и да ја изложат својата одбрана.\n<sup>17</sup>Затоа тие дојдоа овде и јас без одлагање, веќе следниот ден, седнав во судот и наредив да го доведат човекот.\n<sup>18</sup>Кога обвинителите станаа да зборуваат, обвиненијата што ги изнесоа воопшто не беа толку страшни колку што јас очекував.\n<sup>19</sup>Се препираа околу нивната вера, за некојси Исус, Кој умрел, а за Кого Павле тврдеше дека е жив.\n<sup>20</sup>Јас не бев сигурен како да ја водам истрагата, па го прашав Павле дали би сакал да му биде судено во Ерусалим.\n<sup>21</sup>Но Павле се повика на правото да се жали пред императорот и јас наредив да остане под стража, сѐ додека не извршам подготовки да го испратам кај императорот.“\n<sup>22</sup>Агрипа му рече на Фест: „И јас би сакал да го сослушам тој човек!“\n<Утре ќе го сослушате!“ - му рече Фест.\n<sup>23</sup>И така, утредента дојдоа Агрипа и Бернис со голема помпезност и влегоа во судската сала, придружувани од офицери и угледни личности од градот. Потоа Фест нареди да го доведат Павле.\n<sup>24</sup>Фест рече: „Царе Агрипа и сите што сте овде со нас. Пред вас е човекот за кого целата еврејска заедница, и овде и во Ерусалим, бара да биде лишен од живот.\n<sup>25</sup>Јас утврдив дека тој не направил никаков престап што би заслужувал смртна казна, но тој побара да биде испратен кај императорот и јас го одобрив тоа.\n<sup>26</sup>Но јас не знам што да му напишам на нашиот владетел! Затоа го изведов пред сите Вас, а особено пред вас, царе Агрипа, за да го сослушаме па да знам што да напишам,\n<sup>27</sup>зашто ми се чини дека е бесмислено кај императорот да испратам затвореник, а да не ги изложам и обвиненијата против него!“\n= Глава 26 =\n74 Павловата одбрана пред Агрипа\n<sup>1</sup>Потоа Агрипа му рече на Павле: „Можеш да почнеш да ја изложуваш својата одбрана.“\nТогаш Павле ја испружи раката во знак на поздрав, и ја започна својата одбрана:\n<sup>2</sup><Царе Агрипа, имам голема среќа што можам пред Вас да ја изнесам мојата одбрана во врска со сѐ она за што ме обвинуваат Евреите,\n<sup>3</sup>зашто вие сте добар познавач на еврејските обичаи и несогласици. Затоа ве молам внимателно да ме ислушате.\n<sup>4</sup>Сите Евреи знаат каков беше мојот живот уште од млади денови, кога живеев во Ерусалим, меѓу мојот народ.\n<sup>5</sup>Ме познаваат веќе долго време и ако сакаат можат да потврдат дека јас бев фарисеј, што значи дека живеев според најстрогите прописи на нашата вера.\n<sup>6</sup>Сега сум изведен суд, затоа што верувам дека Бог ќе го исполни она што им го вети на нашите прататковци.\n<sup>7</sup>А сите дванаесет еврејски племиња ревносно му се поклонуваат на Бог ден и ноќ, очекувајќи го исполнувањето на истата вера! Заради таа моја вера, царе, јас денеска сум обвинет од Евреите.\n<sup>8</sup>Зошто вам ви се чини неверојатно дека Бог ќе ги воскресне мртвите!?\n<sup>9</sup>Порано и јас верував дека треба со сите свои сили да им се противставам на следбениците на Исус од Назарет.\n<sup>10</sup>Така и правев. Имав добиено овластување од првосвештениците, па многу христијани од Ерусалим одведов в затвор. Кога им се судеше и кога беа осудувани на смрт и јас гласав против нив.\n<sup>11</sup>Ги казнував по сите синагоги и со примена на сила се обидував да ги натерам да Го навредуваат Христос. Толку луто бев против нив, што ги прогонував дури и во далечни градови, надвор од нашата земја!\n== Павле зборува за своето обраќање во христијанството\n(Дела 9:1-19; 22:6-16) ==\n<sup>12</sup>При еден таков потфат тргнав за Дамаск со овластување и налог од првосвештениците.\n<sup>13</sup>Додека патував, Ваше Величество, среде бел ден видов светлина посилна од сончевата што блесна во мене и моите придружници.\n<sup>14</sup>Сите паднавме наземи! Тогаш јас слушнав глас, кој на еврејски јазик ми рече: >Сауле, Сауле, зошто Ме прогонуваш!? Лошо ќе поминеш ако клоцаш против остен!'\n<sup>15</sup>>Кој сте Вие господине?' - прашав, а Господ ми одговори: >Јас сум Исус -Оној што ти Го прогонуваш!\n<sup>16</sup>Стани, исправи се на нозе! Јас ти се појавив за да те назначам за Свој службеник и сведок: да им го кажуваш на луѓето ова што го виде и она што допрва ќе ти го откријам.\n<sup>17</sup>А јас ќе те заштитувам од твојот народ и од другите народи кај кои те испраќам\n<sup>18</sup>за да им ги отвориш очите, па да се обратат од темнина кон светлина, од власта на сатаната кон Бог. Така ќе добијат простување за своите гревови и наследство заедно со сите други што станаа Божји народ, одбрани преку вера во Мене.'\n75 Павле зборува за своето делување\n<sup>19</sup>Така, царе Агрипа, јас не откажав послушност спрема ова видение што ми дојде од небото.\n<sup>20</sup>Почнав да им проповедам, најпрво на Евреите во Дамаск, а потоа во Ерусалим и во сите области на Јудеја. Потоа продолжив да им проповедам и на нееврејските народи, да им објаснувам дека треба да се покаат и да се свртат кон Бог, и со своето поведение на дело да потврдат дека навистина се покајале.\n<sup>21</sup>Заради ова, додека бев во храмот, група Евреи ме фатија и се обидоа да ме убијат.\n<sup>22</sup>Но сѐ до денешен ден Бог ми беше напомош и еве стојам овде и им сведочам на сите, на обични луѓе и на моќници. Не проповедам ништо различно од она што е веќе претскажано од пророците и од Мојсеј:\n<sup>23</sup>дека Месијата требаше да пострада и дека како првовоскреснат од мртвите Тој им ја покажа светлината и на Евреите и на сите други народи.“\n<sup>24</sup>Ненадејно Фест стана и почна да вика: „Си споулавел, Павле! Си се мрднал од многу учење!“\n<sup>25</sup><Не сум споулавел, честити Фесте!“ - рече Павле. „Тоа што го зборувам е разумно и вистинито!\n<sup>26</sup>Царот Агрипа добро ги познава овие работи и затоа јас толку слободно зборувам пред него. Уверен сум дека ништо од сево ова не му е непознато, бидејќи ова не се одигруваше во некој зафрлен агол!\n<sup>27</sup>Верувате ли, царе Агрипа, во она што го пишале пророците? Знам дека верувате!“\n<sup>28</sup>Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедеше да станам христијанин!“\n<sup>29</sup>На тоа Павле му рече: „Му се молам на Бог, за малку или за многу не само Вие, туку и сите што денес ме слушате да станете такви луѓе каков што сум јас, но без окови!“\n<sup>30</sup>Тогаш царот, гувернерот, Берника и сите што седеа со нив станаа,\n<sup>31</sup>и на заминување си рекоа меѓу себе: „Овој човек нема направено ништо што би заслужувало смртна казна или затвор!“\n<sup>32</sup>А Агрипа му рече на Фест: „Ако овој човек не беше побарал да оди кај императорот, можеше веднаш да биде ослободен!“\n= Глава 27 =\n== ПАВЛЕ ОТПЛОВУВА КОН РИМ\n1) од Цезареа до Крит ==\n<sup>1</sup>Кога беше решено да нѐ носат за Италија, Павле и неколку други затвореници, му беа предадени на еден офицер од Августовиот полк по име Јулиус.\n<sup>2</sup>Се качивме на еден брод, чие матично пристаниште беше Адрамитија. Тој се подготвуваше да плови покрај местата од брегот на Азија што ни беа попат. Со нас беше и Аристарх, Македонец од Солун.\n<sup>3</sup>Следниот ден пристигнавме во Сидон. Римскиот офицер Јулиус беше многу љубезен со Павле и му дозволи да отиде кај неговите пријатели, за да го снабдат со сѐ што му е потребно.\n<sup>4</sup>Откако отпловивме оттаму, скршнавме накај Кипар, зашто ветровите не ни дозволуваа да продолжиме во планираната насока.\n<sup>5</sup>Поминавме покрај бреговите на покраините Киликија и Памфилија, па дојдовме до местото Мира во покраината Ликија.\n<sup>6</sup>Таму офицерот најде еден египетски брод од Александрија што требаше да плови за Италија и нѐ префрли на него.\n<sup>7</sup>Долго време пловевме бавно и тешко и одвај дојдовме до брегот на Книд. Ветрот не ни дозволуваше да впловиме во Книд, па отпловивме на спротивната страна од островот Крит, заобиколувајќи го 'ртот Салмона.\n<sup>8</sup>Со голема мака го заобиколивме и дојдовме до местото наречено Добри Пристаништа, близу до градот Ласеа.\n<sup>9</sup>Изгубивме многу време и веќе не беше безбедно да се плови, зашто веќе беше поминал и Големиот есенски пост, па Павле ги советуваше надлежните на бродот:\n<sup>10</sup><Луѓе, гледам дека пловидбата тешко ќе оди и ќе има големи опасности, не само за товарот и бродот, туку и за нашите животи.“\n<sup>11</sup>Меѓутоа офицерот повеќе им веруваше на кормиларот и на сопственикот на бродот, отколку на она што го рече Павле.\n<sup>12</sup>Пристаништето >Добри Пристаништа' не беше погодно за презимување, па мнозинството реши да отпловиме оттаму и да се обидеме да допловиме до Феникс, па да презимиме во тоа критско пристаниште, свртено и кон југозапад и кон северозапад.\n76 2) Бура помеѓу Крит и Малта\n<sup>13</sup>Кога дувна тивок јужен ветер, морнарите мислеа дека условите се поволни, па дигнаа котва и запловија покрај брегот на Крит.\n<sup>14</sup>Но по кратко време, дувна против нас ветер со ураганска сила, наречен Североисточник.\n<sup>15</sup>Зафатени од ветрот и не можејќи да пловиме наспроти него, кренавме раце и се препуштивме ветрот да нѐ носи.\n<sup>16</sup>Кога поминавме во заветрината на едно островче наречено Кауда, одвај успеавме да го зачуваме чамецот за спасување, кој беше трескан од брановите.\n<sup>17</sup>Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот. Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.\n<sup>18</sup>Следниот ден бурата толку силно нѐ фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море.\n<sup>19</sup>На третиот ден, ја исфрлија и опремата на бродот, а и сѐ што им дојде под раце.\n<sup>20</sup>Веќе долго време не се појавуваа ни сонцето, ниту ѕвездите, а бурата продолжуваше да беснее, така што конечно изгубивме секаква надеж дека ќе се спасиме.\n<sup>21</sup>Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа. Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит. Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби.\n<sup>22</sup>Сега ве советувам да се држите храбро, зашто никој од вас нема да загине. Ќе биде уништен само бродот.\n<sup>23</sup>Минатата ноќ застана покрај мене ангел пратен од Богот, на Кој јас Му припаѓам и служам,\n<sup>24</sup>и ми рече: >Не плаши се, Павле! Ти сигурно ќе стигнеш до императорот, а заради тебе, Бог ќе им ги поштеди и животите на сите што пловат со тебе.'\n<sup>25</sup>Затоа, луѓе, разведрете се! Јас верувам дека тоа што Бог ми го кажа ќе се оствари.\n<sup>26</sup>Ќе бидеме исфрлени на некој остров, но бродот ќе биде уништен.“\n<sup>27</sup>Кога дојде четиринаесеттата ноќ откако бурата нѐ фрлаше наваму-натаму низ Адрианското море, некаде околу полноќ, морнарите забележаа дека се приближуваме до некое копно.\n<sup>28</sup>Ја измерија длабочината и утврдија дека изнесува околу триесет и седум метри. Пловеа уште малку, па пак ја измерија длабочината која сега изнесуваше само дваесет и седум метри.\n<sup>29</sup>Плашејќи се да не удриме во подводни карпи, тие фрлија четири котви на задниот дел на бродот и со трепет чекаа да осамне.\n<sup>30</sup>Тогаш морнарите се обидоа да побегнат од бродот. Почнаа да го спуштат чамецот за спасување, под изговор дека од предницата на бродот ќе спуштаат котви.\n<sup>31</sup>Но Павле им рече на офицерот и на војниците: „Ако морнарите не останат на бродот, нема ни вие да се спасите!“\n<sup>32</sup>Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на кои висеше чамецот за спасување и го пуштија да падне и да отплови.\n<sup>33</sup>Пред да осамне, Павле ги молеше сите да јадат, велејќи им: „Денес е веќе четиринаесетти ден како гладувате. Ништо не сте ставиле в уста.\n<sup>34</sup>Ве молам, каснете нешто. Тоа ќе ви помогне да се спасите. На никого од вас ниту влакно од главата нема да му недостасува.“\n<sup>35</sup>Кога им го кажа ова, самиот зеде леб, Му заблагодари на Бог пред сите, и почна да си крши леб и да јаде.\n<sup>36</sup>Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат.\n<sup>37</sup>На бродот имаше двесте седумдесет и шест души.\n<sup>38</sup>Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.\n77 3) Бродолом со среќен крај\n<sup>39</sup>Кога се раздени, морнарите видоа копно, но не можеа да препознаат за која земја се работи. Забележаа залив со достапен брег и решија да се обидат со бродот да пријдат кон брегот.\n<sup>40</sup>Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето. Ги разлабавија јажињата на кормилата, го кренаа предното едро спроти ветрот и се упатија накај брегот.\n<sup>41</sup>Но бродот удри во гребен меѓу две морски струи и предницата на бродот се заринка, па не можеше да се помрдне, а задниот дел почна да напукува од ударите на брановите.\n<sup>42</sup>Војниците имаа намера да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне,\n<sup>43</sup>но офицерот ги спречи, сакајќи да го поштеди Павле. Тој нареди оние што знаат да пливаат први да скокнат од бродот и да пливаат накај копното,\n<sup>44</sup>а другите да се спасуваат на даски и на други остатоци од бродот. Така сите се спасија и стигнаа на копно.\n= Глава 28 =\n78 4) Три месеци на Малта\n<sup>1</sup>Откако се спасивме, дознавме дека се наоѓаме на островот Малта.\n<sup>2</sup>Островјаните беа мошне љубезни спрема нас. Бидејќи врнеше дожд и беше студено, тие запалија оган и сите нѐ прибраа.\n<sup>3</sup>Павле собра еден куп гранки и ги ставаше врз огнот, кога една змија гонета од огнот излезе од гранките и му се впи во раката.\n<sup>4</sup>Кога островјаните ја видоа змијата како виси на неговата рака, си проговорија меѓу себе: „Овој човек мора да е убиец! Се спаси од морето, но правдата не го остава да живее!“\n<sup>5</sup>Но Павле ја истресе змијата во огнот и немаше никакви последици по неговото здравје.\n<sup>6</sup>Луѓето очекуваа Павле да отече или веднаш да падне мртов, но откако подолго време гледаа и чекаа, а со него ништо не се случи, си го сменија мислењето и си говореа дека тој човек е бог!\n<sup>7</sup>Во близината на тоа место имаше имот што му припаѓаше на Пубилиус, поглаварот на островот. Тој, најљубезно нѐ прими и три дена нѐ гоштеваше.\n<sup>8</sup>Таткото на Пубилиус лежеше в постела, зашто имаше треска и страдаше од дизентерија. Павле му пријде, се помоли за него, ги положи рацете врз него и го исцели.\n<sup>9</sup>По тој настан и други луѓе од островот што беа болни доаѓаа кај Павле и тој ги исцелуваше.\n<sup>10</sup>Заради ова, островјаните ни искажаа многу почести, а кога повторно испловивме, ни дадоа сѐ што ние беше потребно за пловидбата.\n79 5) Од Малта до Рим\n<sup>11</sup>По три месеци се качивме на еден брод од Александрија, што го носеше знакот на римските богови - близнаци и ја беше минал зимата на Малта.\n<sup>12</sup>Стигнавме во Сиракуза и таму останавме три дена.\n<sup>13</sup>Оттаму, пловејќи покрај брегот, стигнавме во Регија. Утредента дувна јужен ветер, па по два дена стигнавме во Путеоли.\n<sup>14</sup>Таму најдовме неколку христијани, кои нѐ поканија да останеме кај нив седум дена. Потоа продолживме кон Рим.\n<sup>15</sup>Тамошните христијани, откако слушнале за нас, дојдоа да нѐ пресретнат уште кај Форумот на Апиус, а други ни се придружија кај Трите Крчми. Кога Павле ги виде, Му заблагодари на Бог и се охрабри.\n80 Павле пристигнува во Рим\n<sup>16</sup>Сега, кога веќе беше во Рим, на Павле му беше дозволено да живее каде што сака, чуван од само еден војник.\n81 6) Средба со римските Евреи\n<sup>17</sup>По три дена, Павле ги повика водачите на тамошните Евреи, и им рече: „Јас, браќа, иако не сум направил ништо што би било на штета на нашиот народ или на обичаите на нашите предци, бев уапсен од Евреи во Ерусалим и предаден на римската власт.\n<sup>18</sup>Римјаните, откако ме сослушаа, сакаа да ме ослободат, бидејќи не најдоа никаква вина што би заслужувала смртна казна,\n<sup>19</sup>но кога Евреите се противставија на тоа, иако не можеа против мене да изнесат никакво обвинение, јас бев присилен да барам заштита од императорот.\n<sup>20</sup>Затоа ве викнав, за да се запознаам со вас и да ви објаснам дека јас ги носам овие окови поради тоа што верувам оти она на што се надеваше Израел - Месијата, веќе дојде.“\n<sup>21</sup>Тие му одговорија: „Ние ниту сме добиле писмо во врска со тебе од Јудеја, ниту пак некој наш брат дошол да ни каже нешто лошо за тебе.\n<sup>22</sup>Сакаме од тебе да слушнеме што мислиш ти за христијанството, зашто слушаме дека насекаде се зборува против него.“\n<sup>23</sup>Определија ден и многумина дојдоа во неговата изнајмена куќа, а тој од утро до мрак им објаснуваше и им говореше за Божјото царство, ги уверуваше за Исус, читајќи им од Мојсеевите книги и од книгите на пророците.\n<sup>24</sup>Некои се убедија од она што беше кажано, а некои не поверуваа.\n<sup>25</sup>Се појавија несогласувања, па почнаа да си заминуваат, а Павле им рече: „Во право беше Светиот Дух кога преку пророкот Исаија за вашите предци рече:\n<sup>26</sup>>Оди кај овој народ и речи им:\nЌе го слушате Моето Слово,\nно нема да го разберете;\nќе ги гледате Моите дела,\nно нема да ги разберете,\n<sup>27</sup>зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени!\nСо ушите одвај слушаат,\nа очите си ги затвораат!\nНе сакаат да видат,\nда слушнат,\nда разберат,\nпа да се свртат кон Мене\nза да ги исцелам!'“\n<sup>28</sup>Затоа сакам да знаете дека ова спасение од Бог е испратено и за нееврејските народи и тие ќе го прифатат!\n<sup>29</sup><sup>30</sup>Таму Павле остана цели две години во изнајмена куќа и ги примаше сите што му доаѓаа,\n<sup>31</sup>проповедајќи им за Божјото царство и поучувајќи ги за Господ Исус Христос, слободно и непречено.", "subject": ["Стар Завет (вики-превод)", "Нов Завет (вики-превод)", "Библија (вики-превод)"], "url": "https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5_%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29", "word_count": 22252, "cyrillic": 1.0}
